788 kapital magazin

Page 1

analiza Investiciski fondovi ostvaruvaat prinosi i do 25%

biznis stil Iskoristete ja pozitivnata energija od pretstojnite praznici

politika Mnogu eksperti za akciski planovi, malku rezultati!

број 788 цена 100 ден. | 5 декември, 2014, петок | година 16

www.kapital.mk

МАГАЗИН ЗА БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Kolku rabotni mesta otvorija stranskite investicii?

. . . 0 0 0 . , 5 0 1 0 0 . , 1 0 1 0 3.5




4

Капитал број 788 05.12.2014

www.kapital.mk

содржина

Издвојуваме

06 КапиталНО

28 политика

Биљана Здравковска Стојчевска Пукање во нога

12 cover story

Капитал истражува Колку работни места отворија странските инвестиции?

18 анализа

Заживува инвестирањето во фондовите Инвестициски фондови остваруваат приноси и до 25%

22 анализа

Како да се привлече дијаспората да инвестира? Иселениците праќаат пари, ама се плашат да прават бизнис во Македонија

ANALIZA INVESTICISKI FONDOVI OSTVARUVAAT PRINOSI I DO 25%

BIZNIS STIL ISKORISTETE JA POZITIVNATA ENERGIJA OD PRETSTOJNITE PRAZNICI

Извештајот од ЕУ е чудо за три дена Многу експерти за акциски планови, малку резултати!

34 балкан бизнис и политика

Со помош на Ротшилд, Тодориќ планира 4 милијарди евра од берза Што ќе прави со тие пари? Инвестиции, аквизиции и 13.000 вработувања

38 Свет бизнис и финансии

Новиот инвестициски план на Јункер ја подразбуди заспаната „баба“ ЕУ ЕУ одвојува 315 милијарди евра за заживување на економијата

Колку луѓе вработија зоните?

Во изминатиов период македонската јавност е бомбардирана со изјави за тоа колку работни места отворија странските инвестиции. Во игра се илјадници работни места, што најавени, што вистински реализирани...За секое работно место странските инвеститори добиваат пари од буџетот, преку ослободување од плаќање даноци, придонеси, бесплатни обуки...Бидејќи, сумите кои се исплаќаат се деловна тајност, не може да се процени колку овие отворени работни места навистина ги чинат македонските даночни обврзници. Но, колку и да се на број и колку и да чинат, тие не можат да го покријат фактот дека останатиот дел од македонската индустрија која функционира надвор од зоните не вработува и отпушта вработени. XX Стр. 12

POLITIKA MNOGU EKSPERTI ZA AKCISKI PLANOVI, MALKU REZULTATI!

БРОЈ 788 ЦЕНА 100 ДЕН. | 5 ДЕКЕМВРИ, 2014, ПЕТОК | ГОДИНА 16

www.kapital.mk

МАГАЗИН ЗА БИЗНИС И ПОЛИТИКА

KOLKU RABOTNI MESTA OTVORIJA STRANSKITE INVESTICII?

3.500, 11.000, 15.000...

12 42 Колумна

Ростислав Палагусинец Ph.D.Раководител на Одделение за економиja Амбасада на Украина во Република Македониjа

Одложена примената на Спогодбата за асоцијација со ЕУ Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул.Партизански одреди бр. 17-1/16 П. ФАХ 503, 1000 Скопје Основач и директор: Љупчо Зиков Одговорен уредник: Биљана Здравковска Стојчевска Печати: Графички центар Скопје ул. Скупи бб, 1000 Скопје Датум на печатење: 4.12.2014 Тираж: 4.000 примероци

РЕГИОНАЛНИ ПАРТНЕРИ на капитал

44 специјален прилог business style

Искористете ја позитивната енергија од претстојните празници за подобри деловни резултати во 2015! Прави линии, топли бои и меки материјали тоа е модниот избор за зима 2014!

Празна реторика наместо реформи

Секоја година после објавувањето на извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија, нашата Влада готви стратегии и акциски планови како да постапува според забелешките од Брисел. Се вклучуваат сите надлежни министерства, се организираат трибини, се пишуваат документи и сето тоа на крајот резултира со повторување на истите критични области кои според ЕК остануваат нереформирани секоја година. Зошто наместо во вистински промени, Македонија на патот кон ЕУ останува заглавена во документација и празна реторика – прашува Капитал. XX Стр.28

54 на ручек со...

Ана Кондратенко

концерт мајстор на македонската филхармонија

Музиката може да ја подобриме преку насочено образование и стабилно финансирање

58 светот на виното ЛОЗАРСТВО Највисокото лозје на светот

28



Капитал број 788 05.12.2014

6

www.kapital.mk

КапиталНО

Биљана Здравковска Стојчевска biljana.zdravkovska@kapital.mk

Mnogu pogolemi efekti }e ima dr`avata, ako merkite i zakonite so koi go poskapuva raboteweto na firmite gi odlo`i za nekoi podobri vremiwa. Ili barem za odredeno vreme vo koe na firmite }e im bide ostaven razumen period da gi prilagodat buxetite kon novite merki. Nema nikakva poenta vo toa da se nosi zakon so koj na kratok rok }e se ubie nekoj biznis. Poentata e vo toa da se sozdade ambient vo koj biznisite }e sozdavaat pove}e prihodi i } e vrabotuvaat pove}e lu|e. Samo na ovoj na~in mo`e da se spasat i prihodite vo buxetot. Sekoe drugo odnesuvawe ma dr`avata vo vreme na kriza nalikuva na pukawe vo noga. Zatoa vo vakvi momenti na kriza, e potrebna pogolema mudrost vo vodeweto na ekonomskata politika.

Пукање во нога

“А

ко го уништите слободниот пазар, создавате црн пазар. Ако направите десетици илјади законски регулации, ја уништувате целата почит кон законите”. Оваа реченица

е кажана минатиот век уште во 1949 година од мудриот британски премиер и еден од најголемите светски лидери, Винстон Черчил. На ова се сведува целата умешност за водење на успешна економска политика и за водење на успешен бизнис. Се е прецизно кажано во една реченица, а и докажано низ пракса во изминативе години и декади. И Македонија на многупати досега во изминативе години ги искуси овие непишани правила. Во годините кога постоеја високи царини, акцизи и квоти во тргувањето со странство имаше голем шверц на храна, пијалоци, цигари, шеќер...Кога царините беа намалени или укинати и кога ќе се тргнеа количинските ограничување одеднаш интересот за шверц спласнуваше. Кога се намали данокот на персонален данок на доход и придонесите многу фирми се одлучија да вработат нови работници или да ги пријават оние кои дотогаш работеле на црно. Едноставно, поисплатливо беше да се пријави работникот, отколку тој да работи на црно. Суштината на добрата бизнис клима е во тоа. Кога даноците се ниски, на никого не му се исплати да избегнува да плаќа даноци. Но, кога процесот е обратен, односно кога даноците се покачуваат и кога се зголемуваат давачките, фирмите изнаоѓаат начини како да плаќаат помалку и приходите од даноци во една точка ќе почнат да се намалуваат. Од таа точка, почнува

да се зголемува сивата економија. Поентата и на Черчил е во тоа. Македонија, како и многу други земји, се соочува со проблеми да обезбеди нормално полнење на буџетот. Кога е криза, тогаш е криза за сите. Не може приватниот сектор и вработените во приватните фирми да бидат во криза, а државата да не биде во криза. Помалку бизнис за фирмите значи помали плати за вработените, отпуштање на вработените, помалку приходи од ДДВ и од персоналец во буџетот...И кога државите ќе почуствуваат криза во нормалното полнење на буџетот логично наоѓаат нови начини на полнење на буџетот. Се носат нови давачки, поголеми даноци, поголеми казни...Но, ова е меч со две острици. Бидејќи кога зафаќањата на државата ќе станат преголеми тогаш бизниот изнаоѓа нови начини за да го издржи тој терет и да преживее. Македонија во изминатава година донесе многу нови закони и мерки со кои се зголемуваат трошоците за водење на бизнис. Минималната плата од следната година ќе изнесува 9.590 денари, од сегашните 8.800 денари. Оваа мерка ќе ги зголеми трошоците за водење бизнис на многу фирми. Да, навистина е поразително и фрустрирачки кога ќе се прочитаат извештаи кои покажуваат дека платите во Македонија се најниски во регионот. Но, тие за жал не можат да се зголемат со закон или со владина одредба. Проблемот што платите во Македонија се ниски е во тоа што фирмите во Македонија се премногу слаби и немоќни да инвестираат и да отвараат нови работни места, приходите и профитите не им растат за да можат да покачуваат и плати (барем на оние кои одлучиле да работат бизнис кој нема да биде закачен на државниот


www.kapital.mk

Капитал број 788 05.12.2014

КапиталНО

“Ако го уништите слободниот пазар, создавате црн пазар. Ако направите десетици илјади законски регулации, ја уништувате целата почит кон законите”. Оваа реченица е кажана минатиот

век уште во 1949 година од мудриот британски премиер и еден од најголемите светски лидери, Винстон Черчил.

На ова се сведува целата умешност за водење на успешна економска политика и за водење на успешен бизнис. Се е прецизно кажано во една реченица, а и докажано низ пракса во изминативе години и декади. буџет), економијата произведува се помалку...Но, како што обично бива во економијата, кога некое добро поскапува, тогаш побарувачката за него се намалува. Покачувањето на трошоците за работна сила ќе го предизвика токму тоа - фирмите да бараат начини да ги намалат трошоците за плата преку отпуштање на работници. Од следната година се воведува уште една давачка која ќе ги зголеми трошоците за вработените. На сите договори на дело, авторски хонорари и приходи од дополнителна дејност ќе мора да се плаќаат придонеси за здравствено и социјално осигурување. Оваа одлука која беше донесена летово, а која почнува да важи од 1 јануари следната 2015 година ќе предизвика директен упад во буџетите на многу фирми, но и на многу вработени. На многу компании кои досега заради природата на дејноста користеле услуги преку договори на дело и авторски договори, како на пример медиумски куќи, преведувачки и издавачки компании, прераборувачки компании, трошоците за водење на бизнис ќе им се зголемат за над 30%. Тоа не може да го издржи ниту еден бизнис. И ефектите од овие избрзани мерки кои се носат без најава и без претходен период за прилагодување, повеќе од сигурно ќе резултираат со отпуштања на вработени, намалување на плати, намалување на обемот на работење,

сива економија, што на крајот повторно ќе се одрази и врз буџетот, преку помали приходи од даноци и придонеси, и преку поголема невработеност. Многу поголеми ефекти ќе има државата, ако мерките и законите со кои го поскапува работењето на фирмите ги одложи за некои подобри времиња. Или барем за одредено време во кое на фирмите ќе им биде оставен разумен период да ги прилагодат буџетите кон новите мерки. Нема никаква поента во тоа да се носи закон со кој на краток рок ќе се убие некој бизнис. Поентата е во тоа да се создаде амбиент во кој бизнисите ќе создаваат повеќе приходи и ќе вработуваат повеќе луѓе. Само на овој начин може да се спасат и приходите во буџетот. Секое друго однесување ма државата во време на криза наликува на пукање во нога. Затоа во вакви моменти на криза, е потребна поголема мудрост во водењето на економската политика. Черчил оваа изјава за слободниот пазар и законите ја дал во време кога Велика Британија била во време на голема криза, после завршувањето на Втората светска војна, кога економијата била буквално срушена. Черчил бил доволно мудар во тие моменти да согледа дека само слободниот пазар и дерегулацијата може да ја одржат и заживеат економијата.

7


Капитал број 788 05.12.2014

8

www.kapital.mk

НАВИГАТОР ИЗЈАВА НА неделата

> БРОЈКА Корпоративните кредити во најголем дел завршуваат кај големите компании. Потребна е поголема поддршка од банките и за малите фирми.

20

милиони евра и додели Европската комисија на Македонија за развој на земјоделството.

Димитар Богов гувернер на Народна банка

победник на неделата

Бојан Печник

Градежниците од поранешна повторно се обединуваат

Г

радежниците од Македонија заедно со нивните колеги од земјите на поранешна Југославија, покренаа иницијатива за меѓусебно поврзување, формирање конзорциуми и заедничко учество на тендери. Очекуваат дека тоа ќе им помогне во надминување на актуелните заенички проблеми како мала искористеност на капацитетите одлив на кадри, тешкотии во добивањето банкaрски гаранции, неадекватна политичка и дипломатска поддршка. „Градежниците интензивно се подготвуваат

Резервите на јаглен се при крај

Македонија ќе увезув за да произведува ст

+

По повеќе од една година мирување, Хиперсфера, хрватскиот стартап што разви и тестираше сопствен дрон, светски најефикасниот систем за аеронадзор на територии, повторно е активен и му се насмевнува инвестиција од околу 14 милиони евра, дознава Poslovni dnevnik. Единствена слична инвестиција во некој хрватски високотехнолошки стартап досега беше вложувањето на сопственикот на Forbes и група на други инвеститори во производителот на најбрзиот електричен автомобил на светот, Римац Автомобили. Бојан Печник, загрепскиот астрофизичар со докторат од престижниот институт “Макс Планк“ и основач на компанијата Хиперсфера, ја напуштил функцијата директор во Технолошко – иновацискиот центар Меѓимурје и се врати со полно работно работно време во својот стартап. Во Хиперсфера досега пет инвеститори вложиле вкупно 1,4 милиони евра. Печник планира до средината на следната година да ги обезбеди и останатите пари потребни за финален развој на дронот, кого што би можела да го користи и хрватската армија, наместо да купува поскапи летата од странство. Леталото на Хиперсфера цели на светскиот пазар на ваков тип технологија тежок 14,4 милијарди долари и со просечен раст од над 5% годишно.

пишува:

Дејан Азески

П

dejan.azeski@kapital.mk

отрошувачката на електрична енергија секоја од наредните четири година ќе расте за 2,5 % а најголем раст ќе има кај природниот гас и тоа за 12,1%. Ова го покажуваат податоците од Енергетскиот биланс за 2015 до 2019 година според кој во овој четири годишен период се планира да се зголеми домашното производство на електрична енергија и тоа за нешто повеќе од 5 %, а за скоро иста количина да се намали увозот. Значајно е да се спомене дека

енергетскиот биланс до 2019 година не предвидува поголеми флуктуации на цената на струјата. Ова го потврди и претседателот на Македонската Енергетска Асоцијација Кочо Анѓушев кој сепак предупреди дека експлоатацијата на домашниот јаглен станува с$ поскапа и токму тоа е една од причините за намалувањето на производството на електрична енергија во изминатите години. „Капацитетот на рудниците е веќе во поодмината фаза на искористување, што значи дека преостанатите количини се с$ помали, а и поскапи за експлоатација. Во таа смисла има одредени размислувања во ЕЛЕМ и другите институции на Владата за супституирање на тој јаглен со увозен


www.kapital.mk

а Југославија за пазарите каде што порано настапуваа, некои се и етаблирани, препознатливи на тамошните простори, но без соодветна поддршка од државата и дипломатијата ќе треба да се помачат“, изјави Марија Петроска од Стопанската комора. Засега е познато дека компаниите размислуваат и за враќање на пазарите каде што порано биле присутни како, Блискиот Исток, Ирак, Либија, Алжир, Египет, поранешниот Советски сојуз.Градежните компании од Балканот би влегле на источните пазари, пред се, за нискоградба, со инфраструктурни проекти како патишта, мостови, железници, брани,.

Капитал број 788 05.12.2014

НАВИГАТОР

мисла на неделата

> БРОЈКА

540

илјади лица во Македонија живеат во сиромаштија

лидери

ва јаглен труја!?

Потрошувачката на енергија во земјава ќе се зголемува во просек за 2,5% секоја година до 2019та, а капацитетот на рудниците за јаглен е веќе во поодмината фаза. Се очекува Стратегијата што ја подготвува Министерството за економија заедно со МАНУ да каже како да се постигнат планираните 5% зголемување на домашното производството кои се предвидени во енергетскиот биланс за наредниот четиригодишен период. или за мешање на домашен и увозен јаглен, со што би се продолжил животниот век на термоелектраните“. Од МЕА исто така порачуваат дека е неопходно да се зголеми потрошувачката на природен гас, со оглед на долгогодишната мала искористеност на капацитетот на постоечкиот гасовод. „Искористеноста на гасот треба да се зголеми во делот на домаќинствата и индустријата, каде електричната енергија се користи директно за затополување на домовите или пак за одредени производствени процеси, со што би се направила корисна замена на потрошувачката на електрична енергија со гас“, смета Анѓушев. Годинава, во споредба со лани, потрошувачката на електрична енергија е намалена за 11,4%, наспроти растот на индустриското производство, но се препоставува дека ова се должи на преструктуирањето во стопанството, но и на тоа што што домаќинствата се префрлаат на поевтини енергенси како јаглен и лигнит, природен гас и огревно дрво. Околу тоа како ќе се намалува енергетската зависност на земјава – одговор се чека од Стратегијата што ја подготвува Министерството за економија заедно со МАНУ.

9

За да успееме како нација мора да претстанеме да мислиме на индивидуалното и да почнеме да гледаме што е најдобро за општеството

Хилари Клинтон

американски сенатор и поранешен државен секретар

губитник на неделата

Папата Франциск

се покажа посилен од предрасудите собирани цели десет векови, при последната средба со вселенскиот патријарх Вартоломеј

Доналд Туск

Неделава, и официјално, поранешниот премиер на Полска, Доналд Туск ја презеде претседателската палка со Европскиот совет, на чие чело до сега беше белгиецот, Херман ван Ромпуј

не им беше неделата

Теута Арифи

загуби во трката за претседател на органокот на ДУИ (заврши дури трета) во градот кадешто е градоначалник

Харолд Хам

Долгогодишниот првак во извлекување на нафта само во последните три месеци изгубил дури 12 милијарди долари поради падот на цената на нафтата на светскиот пазар.

_

Владимир Путин Како што вели Блумберг, не е добро време да си Владимир Путин деновиве. Соочена со колапсот на цената на нафтата и санкциите од Западот заради руската улога во украинската криза, руската економија јава на бранот на рецесијата. Рубљата секојдневно паѓа, инфлацијата расте, а руската централна банка ги троши своите девизни резерви со тоа ограничувајќи го сопствениот капацитет за поддршка на националната валута. Колку и да изгледаше самоуверено рускиот претседател пред неколку месеци изјавувајќи во повеќе наврати дека санкциите од Западот нема да ја кутнат Русија на колена, па дури воведе и ембарго на прехранбените производи од ЕУ, последиците што земјата ги трпи деновиве од целата ситуација не оставаат простор за таква самоувереност. Пред Путин се сега големи предизвици: како да го избалансира падот на националниот БДП, со оглед дека нафтата и гасот се најголемиот извор на приходи за земјата. Падот на вредноста на домашната валута секојдневно ги осиромашува граѓаните, проследено со инфлацијата што расте. Доколку монетарните власти решат да ја затегнат политиката за да ја сопрат инфлацијата, тоа само уште повеќе ќе ја удри и онака ранетата економија. Навистина не е лесно да си Владимир Путин деновиве.


Капитал број 788 05.12.2014

10

www.kapital.mk

НАВИГАТОР

график на неделата...

Број на слободни работни места

Извор: Државен завод за статистика

2.533 1.135 Преработувачка индустрија

Трговија на големо и мало

885

658

Транспорт и складирање

Градежништво

Каде има најмногу слободни работни места?

С

319 Образование

поред податоците на Државниот завод за статистика во Македонија има 6.973 работни места. Речиси една третина или 2.533 се во преработувачката индустрија, а втора дејност е трговијата на мало и големо со 1.135 слободни работни места.

> БРОЈКА

21.278 денари изнесува просечната нето плата во септември годинава и е за 1,1% поголема во споредба со лани

3 факти за...

7,9% 43,2% 0,3%

е зголемен бројот на работниците во индустријата

е зголемен бројот на работниции во текстилната индустрија

е зголемен бројот на работници во прехранбена индустрија

Дали крајот на Јужен т и на брзата гасификаци

светот низ медиумите... The Wall Street Journal

Договорот помеѓу Путин и Ердоган за изградба на руски гасовод преку турска територија е тема за насловната страна на Вол Стрит Журнал. Нивните аналитичари се прашуваат како ќе функционира овој договор паралелно со се поголемото доближување на Анкара кон САД. lll

Der Spiegel

Германците стануваат против се поголемите трошоци за домување или поседување на сопствен дом. Без разлика дали станува збор за кирија или други режиски трошоци очигледно е дека давачките стануваат се понеиздржливи за населението. lll

Gulf News

Обединетите Арапски Емирати ќе вложат повеќе од пет милијарди евра во млади научници и развој на нови иновации. Со овој потег земјата ќе стане регионален лидер, а овој потег на долг рок се очекува да даде и сериозен материјален и нематеријален поврат за целата држава. lll

South China Morning Post

Кина се соочува со сериозно забавување на нејзината економија. Бројките од десет и повеќе проценти раст на БДП на годишно ниво веќе се далечно минато, но проблемот е што земјата не може да ги одржи ни скромните 3% или 4 % раст кои до пред само некоја година изгледаа понижувачки. lll

пишува:

Дејан Азески

М

dejan.azeski@kapital.mk

осква конечно попушти под притисокот и се откажа од изградбата на гасоводот Јужен Тек. Наместо тоа ќе се насочи кон изградба на нов гасовод преку Турција (Плав тек) со капацитет од 63 милијарди кубици годишно или исто колку проектираниот капацитет на несудениот Јужен Тек. Според рускиот претседател Владимир Путин, Москва во сегашните услови не може да продолжи со реализација на гасоводниот проект преку Бугарија. „Ние не можеме да почнеме со изградба во морето се додека не добиеме дозвола од Бугарија. Да започнеме и да стигнеме до бугарската обала и тука да застанеметоа е просто бесмислено“, порача Путин. Уште подециден беше шефот на Гаспром

Алексеј Милер. „Готово е. Проектот е затворен, враќање веќе нема“. Најголеми губитници од ваквата одлука секако се Бугарија и Србија, но според енергетичарите и Македонија е губитик од оваа одлука на Москва. Атанаско Туневски поранешен директор на МЕПСО смета дека овој единствен потег ја оддалечува земјава од гасификацијата за минимум 7 до 8 години. Според него, можеби по примерот на Струмица некои општини ќе се врзат со Бугарија, но целосна гасификација тешко дека ќе има во скоро време. „ТАП како најизгледна алтернатива на Јужен Тек е се уште во почетна фаза и мислам дека ќе поминат добри пет години додека воопшто дојде до тоа да се преговара за поврзување на Македонија. За новонајавениот руски гасовод преку Турција се уште се знае многу малку, но ако тоа е нов проект значи ќе треба да помине доста време додека дојде


www.kapital.mk

Капитал број 788 05.12.2014

11

проценки... Алекси Ведев

> БРОЈКА

вицепремиер за економија на Руската Федерација

На Русија и се заканува рецесија

К

194

лучното очекувања е дека курсот на долг рок ќе се стабилизира, а се очекува цената на нафтата да се врати на 85 до 90 долари за барел до средината на идната година. Моменталната прогноза за 2015 е пад на БДП од 0,8% и е спротивно на претходната прогноза за раст од 1,2%.

млади кадри без работно искуство ќе вработи Владата на Република Македонија како припадници на етничките заедници кои не се мнозинство во Македонија.

ВЕСТИ...

тек e крај ција на земјата?! С

Државните службеници земаат 18,5% повисоки плати од просечната

Македонија е директно погодена од големата геополитичка одлука на Москва да се откаже од изградбата на Јужен тек. Откажувањето на изградбата на Јужен Тек, според енергетичарите, за минимум пет години ќе ја одложи планираната гасификација на земјава, а дополнително ќе ја направи зависна од Грција за пристап до гас без разлика дали тој ќе е од ТАП или од ново најавениот руско-турски Плав тек. Како единствено краткорочно и побрзо решение останува увоз на компресиран гас по примерот на Струмица. во фазата на изградба во која е сега Јужен Тек. Плус тоа и едниот и другиот гасовод се предвидуваат поврзување на Македонија преку Грција што ја прави земјава дополнително зависна. Сите знаеме какви ни се односите со јужниот сосед и колку лесно може да се блокира таквото поврзување“, вели Туневски. За разлика од некои негови колеги кои сметаат дека без разлика на се, Македонија треба да се насочи кон изградба на националната гасоводна инфраструктура и така спремна да чека погоден момент. Туневски смета дека треба да сме претпазливи. „Тоа прашање не е така едноставно. Инвестициите се огромни, а иднината е нејасна. Во моментов изградба на национален гасовод изгледа како да градиш автопат на кој не си сигурен дека воопшто некогаш ќе поминуваат автомобили. Мора да се почека и да се види, а тоа чекање ќе не чини долги години одлагање на гасификацијата“, дециден е тој. Новиот проширен гасовод Плав ток, треба да ги преземе сите веќе изградени гасни инсталации за Јужен Тек. Гасот на таков начин би се транспортирал до турско- грчката граница, односно на самата граница на ЕУ, каде не важи проблематичниот трет енергетски пакет на Европската енергетска заедница. Од таму, би можеле да превземаат сите заинтересирани потрошувачи со што Русија макар и по заобиколен пат би добила пристап до пазарите во Јужна Европа.

лужбеник во јавната администрација просечно зема плата од 25.144 денари што значи дека неговите месечни примања се повисоки за 18,5% од просечната исплатена плата во земјава, покажуваат последните податоци заклучно со септември што ги објави Државниот завод за статистика. Овие податоци не го вклучуваат зголемувањето на платите во јавниот сектор за 4% што го објави Владата кое почна да важи од октомври годинава. Просечната плата во земјава во првите девет месеци годинава пораснала за само 0,6% споредено со истиот период лани. Ако се споредат платите на јавните службеници со некои други сектори во економијата, произлегува дека тие имаат повисоки

примања од вработените во преработувачката индустрија, на пример, за 57%, каде што просекот изнесува 16.000 денари, 36% повисоки отколку во градежниот сектор каде што просекот е 18.469 денари и 28,2% повеќе отколку во секторот трговија. Највисоки плати во приватниот сектор се евидентирани во правните и сметководствени дејности, телекомуникациите и финансискиот систем. Државата за плати на своите службеници следната година планира да потроши речиси 400 милиони евра. Бројот на вработени на сметка на државата е непознат, но според проценките на Европската комисија, 20% од сите вработени се во јавниот сектор. Тоа значи дека на платниот список на државата се околу 140.000 работници.

Ванчо Чифлиганец, сопственик на „Адора Инженеринг“ избран за филантроп на годината во Македонија

Н

аградата за индивидуален филантроп за 2013-та година во Македонија, што традиционално ја доделува Центарот за институционален развој – ЦИРа годинава ја доби сопственикот и генерален директор на градежната компанија Адора Инженеринг,Ванчо Чифлиганец. Тој вели дека наградата претставува сатисфакција и вистинска потврда за неговите долгогодишни ангажирања како поединец и преку неговата компанија, на полето на општествената одговорност, грижата за другите, хуманоста и

помагањето на пошироката заедница. Чифлиганец, најавува и формирање на фондација, преку која ќе им помага на младите луѓе од сиромашни средини, на кои им се потребни средства за да ги остварат своите соништа и да се обидат да успеат во животот.


cover story storyKapital 12 cover Капитал број 788 05.12.2014

istra@uva

www.kapital.mk

Kolku rabotni me otvorija stransk

3.500, 11.000,

V

Во изминатиов период македонската јавност е бомбардирана со изјави за тоа колку работни места отворија странските инвестиции. Во игра се илјадници работни места, што најавени, што вистински реализирани... За секое работно место странските инвеститори добиваат пари од буџетот, преку ослободување од плаќање даноци, придонеси, бесплатни обуки...Бидејќи, сумите кои се исплаќаат се деловна тајност, не може да се процени колку овие отворени работни места навистина ги чинат македонските даночни обврзници. Но, колку и да се на број и колку и да чинат, тие не можат да го покријат фактот дека останатиот дел од македонската индустрија која функционира надвор од зоните не вработува и отпушта вработени.


www.kapital.mk

Капитал број 788 05.12.2014

cover story

13

esta kite investicii?

15.000...

пишува:

Биљана Здравковска Стојчевска biljana.zdravkovska@kapital.mk

фотографија:

И

фотоархива на Капитал

звозот од слободните зони до крајот на годинава ќе надмине една милијарда евра. Тоа е извоз од близу една третина од вкупниот извоз на Македонија. Нето извозот од овој рекордно голем извоз се сведува на околу 80 до 90 милиони евра, бидејќи најголемиот дел од компании кои прават вредносно голем извоз, истовремено имаат и голем увоз. Ако се има во предвид дека станува збор за компании кои имаат еден куп олеснувања и ослободувања, заради кои не учествуваат во полнењето на буџетот и фондовите, нивниот реален ефект се сведува на отворање на нови работни места и исплаќањето на нето плати на вработените. Другите ефекти, како приходи по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, царини, акцизи, придонеси за здравствено и социјално осигурување, отсуствуваат, бидејќи странските инвеститори се ослободени од плаќање на овие давачки. Во последниве неколку месеци неколку различни институции во јавноста излегоа со различни податоци за тоа колку работни места отворија странските директни инвестиции во Македонија. Директорот на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони Виктор Мизо вели дека до крајот на годината бројот на вработени во слободните зони ќе достигне 3.500. Неколку дена по него министерот за финансии изјави дека во странските инвестиции во зоните отворија 11 илјади работни места, за да министерот без ресор Веле Самак во последниот негов настап минатата недела изјави дека странските инвестиции отвориле над 15.000 работни места во Македонија.

Колку работници вработија странските инвеститори?

Според Виктор Мизо, директор на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони бројот на вработени во слободните зони во Скопје и Штип до крајот на годината треба да достигне 3.500.


Капитал број 788 05.12.2014

14

www.kapital.mk

cover story Веле Самак

министер без ресор за привлекување на странски инвестиции

О

д 2007 година до денес имаме бројни странски директни инвестиции во гринфилд производни погони, како и во сервисна индустрија, како софтвер, трговија, аутсорсинг, кол центри итн. Овие компании, лоцирани низ Македонија независно од локацијата и од државната помош, имаат најавено отворање на нови работни мести во прва фаза, и веќе вработуваат бројни граѓани на Македонија. Само некои од компаниите кои влегуваат во оваа бројка се Џонсон Мети, Дрекслмајер, Кромберг и Шуберт, Вистеон, Џонсон Контролс, Маркардт, Ван Хоол, Кемет, Продис, Технохозе, Антура, Гришко, Амфенол, Кофикаб, ОДВ, КСС, Ендава, ЕуроБПО, 6пм, Космик, Диатек, Небб итн. Само 3-те најголеми работодавци од горенаведените веќе вработуваат 8.600 луѓе.

“Вкупниот број на вработени во компаниите во Технолошкоиндустриските развојни зони Скопје 1, Скопје 2 и Штип изнесува 3.500, со што се достигна планираното ниво на вработени за 2014 година. Бројот на вработени секоја година се зголемува, така што во 2015 година само во постојните компании Вистеон, Џонсон Мети, Џонсон Контролс, Ван Хол, Кемет, Продис, Техно Хозе ќе се вработат дополнителни 1.000 луѓе”, изјави Мизо за Капитал. Со реализацијата на најавените инвестиции, од Дирекцијата очекуваат бројот на вработени лица во производствените погони на компаниите лоцирани во зоните во следниот период драстично да се зголеми, односно да се креираат и реализираат дополнителни од 7.000 до 8.000 работни места. Во 2012 година само во слободните економски зони имало 1.270 вработувања. Минатата 2013 година бројот на вработени во зоните достигна до 2.500. Оваа година во зоните се отворени 1.000 места, и на крајот на 2014 година тој број да достигна 3.500 вработувања. Министерот без ресор за привлекување на странски инвестиции Веле Самак неодамна изјави дека странските фирми во Македонија досега отвориле 15.000 работни места. Од министерот Самак побаравме објаснување каде и во кој период се отворени овие работни места и дали станува збор за субвенционирани работни места за кои компаниите добива државна помош. “Од 2007 година до денес имаме бројни странски директни инвестиции во гринфилд производни погони, како и во сервисна индустрија, како софтвер, трговија, аутсорсинг, кол центри итн. Овие компании, лоцирани низ Македонија независно од локацијата и од државната помош, имаат најавено отворање на нови работни мести во прва фаза, и веќе вработуваат бројни граѓани на Македонија. Само некои од компаниите кои влегуваат во оваа бројка се Џонсон Мети, Дрекслмајер, Кромберг и Шуберт, Вистеон, Џонсон Контролс, Маркардт, Ван Хоол, Кемет, Продис, Технохозе, Антура, Гришко, Амфенол, Кофикаб, ОДВ, КСС, Ендава, ЕуроБПО, 6пм, Космик, Диатек, Небб итн. Само 3-те најголеми работодавци од горенаведените веќе

вработуваат 8.600 луѓе. Зборуваме за голем број ново-отворени работни места и планови на компании кои се исполнуваат со нивната претходно доставена динамика”, изјави Самак, додавајќи дека во оваа бројка не влегуваат тековните фирми со кои Владата има активности во убедување или кои доставиле неформални одлуки за инвестирање, што би ја зголемила бројката на вработувања.

Која компанија колку вработува?

Ниту од Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони, ниту од кабинетот на министерот Самак не добивме податоци за тоа колку вработени има во секоја одделна компанија за да анализираме која инвестиција отворила и официјално најмногу работни места. Влезот на странски инвеститори во Македонија се засили во последните три години. Седум странски компании досега имаат изградено фабрики во слободните зони во Скопје и Штип, а некои компании како Џонсон Контролс, Ван Хоол поттикнати од поволностите кои им ги нуди Македонија, отворија и втора фабрика во зоните. Покрај во зоните, во изминативе две години неколку странски компании како Дрекслмајер, Маркардт и Кромберг и Шуберт отворија фабрики, кои иако беа надвор од постојните зони добија поволности и ослободувања како оние во зоните. Пред да се анализираат податоците во кои сектори и компании странските инвеститори отворија најмногу работни места, го анализиравме како се движел бројот на работници во преработувачката индустрија, каде се вработени најголем дел од вработените и во која се создава над 80% од индустриското производство на земјата. Во преработувачката индустрија во јуни годинава работеле 128.756 работници, додека во јуни 2011 година во овој сектор имало 119.744. Тоа значи дека за период од три години во преработувачката индустрија биле отворени само 9.000 нови работни места или во просек по 3.000 работни места годишно. Во истиот период во другите сектори во приватниот сектор се отвориле 39.300 работни места или по околу 13.000 работни места годишно, меѓу кои најмногу во градежништвото, трговијата, земјоделието, транспортот

и другите дејности кои вработуваат помалку работници. Ако овие бројки што ги покажува статистиката се споредат со бројките за вработувања кои ги прикажуваат странските инвеститори, тогаш се наметнува заклучокот дека тие се единствените компании кои вработувале во изминатите три години. Останатите компании во преработувачката индустрија во овие изминати три години или не вработувале воопшто или отпуштале работници. Ако се анализираат податоците за бројот на вработени по компании, тогаш најмногу вработувања има во германската Дрекслмајер која отвори фабрика за кабли во Кавадарци во 2013 година. Официјалните податоци кои компанијата ги доставила до Централниот регистар покажуваат дека на крајот на 2013 година во Дрекслмајер имало 2.305 вработени. Изјавите на менаџментот на Дрекслмајер дадени при одбележувањето на една година од влезот во Македонија, покажуваат дека бројот на вработени во оваа компанија до јуни достигнал до 4.400 лица. Втора странска инвестиција која има отворено најмногу работни места е фабриката на Џонсон Контролс во Штип. Втората фабрика на Џонсон Контролс која се отвори на почетокот на 2014 година сега според последните неофицијални информации од вработува 1.054 работници, а најавите се дека бројот на вработени ќе достигне до 1.500. Следи постојната фабрика на Кромберг и Шуберт, во која се изработуваат кабли за автомобилската индустрија. Неофицијално, таму веќе работат околу 2.000 работници. Првичните најави при отворањето на фабриката Кромберг и Шуберт во зоната во Жабени фабриката беа дека компанијата ќе отвори 3 илјади работни места. Пред околу еден месец од Кромберг и Шуберт изрази интерес да изградат уште една фабрика во Македонија во која би се вработиле дополнителни 2.000 работници. Во фабриката на Џонсон Мети во слободната зона во Бунарџик на крајот на 2013 година биле вработени 424 работници, а според последните информации од Џатин Такрар, извршниот директор на Џонсон Мети за Македонија, по последните


www.kapital.mk

Капитал број 787 788 28.11.2014 05.12.2014

cover story

15

Виктор Мизо

Миле Бошков

В

транските компании кои инвестираат во Македонија се корпоративно управувани компании кои на светско ниво ги почитуваат Глобалниот договор на Обединетите нации, Глобалниот договор за мултинационални компании, Глобалната иницијатива за отчетност и известување и договорите за усогласеност на актите. Ако ги почитуваат овие договори и ги објават договорите за нивното работење во Македонија тогаш ќе излезат од зоната на сомневање во начинот на кој работат и ќе се види дали и колкава придобивка имаат даночните обврзници во Македонија кои ги плаќаат ослободувањата и помошта која ја добиваат за отворање на работни места.

директор на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони

претседател на Конфедерацијата на работодавачи

С

купниот број на вработени во компаниите во Технолошкоиндустриските развојни зони Скопје 1, Скопје 2 и Штип изнесува 3.500, со што се достигна планираното ниво на вработени за 2014 година. Бројот на вработени секоја година се зголемува, така што во 2015 година само во постојните компании Вистеон, Џонсон Мети, Џонсон Контролс, Ван Хол, Кемет, Продис, Техно Хозе ќе се вработат дополнителни 1.000 луѓе.

проширување на капацитетите во фабриката се вработени 565 работници. Првичните најави беа дека фабриката ќе отвори 650 работни места. Во фабриката на Џонсон Контролс во Скопје која беше отворена уште пред 5 години има 327 вработени, а првичните најави беа дека во компанијата ќе работат 500 луѓе. Во компанијата Технохозе при отворањето беше најавено дека ќе се вработат 170 луѓе, а според податоците објавени на веб страната на Министерството за финанси во компанијата на почетокот на 2014 година биле вработени 32 работници, но тој број сигурно ќе се зголемува со оглед на фактот што Технохозе

го завршува својот втор производен капацитет со кој следната година ќе има четирикратно зголемување на производството. Во фабриката Протек, пак, беа најавени 130 вработувања, а неофицијално се вработени 50 луѓе. Во компанијата за автомобилски делови Маркарт која гради фабрика во Велес според најавите треба да се вработат 500 луѓе. За есенва е најавен и почетокот на изградбата на фабрика за производство на амортизери за возови, шински возила, автобуси и тешки возила на италијанската компанија Монтанте груп вредна 10 милиони евра во зоната Бунарџик во која треба да се вработат

ǯdzǵ

ʿʽ˃ˀʽˌ˄ʦʤˋʶʰ ʶˀʫʪʰ˃ ǮǰȀǼǺǼǯǶǹ ȦȜȝȖțȑ

ˌʽʿʰʻʧ

ɅȿɌɍȼȺȵȿ

ǽǼ DzǮ ǾǼ ȄǶ

ˌʶʽ ʸʤˀʰʻʤ

ǯdzǵ ɧɚɞɨ

ɊȿɎɂ ɇȺɇɋɂ ɊȺȵȿ ɇȺ ɄɊȿȾɂ Ɍɂ

ˀʫʻʽʦʰˀʤʼʫ

ɅȿɌɍȼȺȵȿ ʤʦ˃ʽʺʽʥʰʸ

Бела Техника

ɦɟɫɬ

Ǻdzǯdzǹ

ʤʦ˃ʽʺʽʥʰʸ

ʺʫʥʫʸ ǯȓșȎ ȠȓȣțȖȘȎ

ˌʶʽʸʤˀʰ ʻʤ

ʤʶˉʰ:ʤ

ǹdz Ȁȁ ʺʫ ǰǮ ʥʫʸ ǩdz ʥʫʸʤ

˃ʫˈ ɩɨɞɚɪɨɰɢ ʻʰ ȆǼǽǶǻDZ ʶʤ ˀʫʻʽʦʰˀʤʼʫ ʿʽʪʤˀʽˉʰ

ʤʦ˃ʽʺʽʥʰʸ

ˀʫˇʰʻʤʻˁʰˀʤʼʫ ʻʤ ʶˀʫʪʰ˃ʰ

ɅȿɌɍ Ǻdz ȼȺȵȿ ǯdzǹ ˌʶʽʸʤˀʰʻʤ

ˀʫʻʽʦʰˀʤʼʫ ǽȜȒȎȞȜȤȖ

ɊȿɎɂ ʤʦ˃ʽʺʽʥʰʸ ɇȺɇɋɂɊȺ ˀʫʻʽʦʰˀʤʼʫ ȵȿ ɇȺ Бела ɄɊȿȾɂɌɂ Техника ʺʫʥʫʸ ɩɨɞɚɪɨɰɢ

ǾdzǻǼǰǶǾǮǩdz

ɅȿɌɍȼȺȵȿ

ɉɪ Ɇɟɫɟɱɧɚɬɚ ɪɚɬɚ ɢɡɧɟɫɭɜɚ ɞɟɧɚɪɢ ɡɚ ɤɪɟɞɢɬ ɞɟɧɚɪɢ ɫɨ ɪɨɤ ɧɚ ɨɬɩɥɚɬɚ ɝɨɞɢɧɢ ɢ ɫɨ ɮɢɤɫɧɚ ɤɚɦɚɬɧɚ ɫɬɚɩɤɚ ɧɚ ɝɨɞɢɲɧɨ ɧɢɜɨ ɡɚ ɩɪɜɚɬɚ ɝɨɞɢɧɚ Ɂɚ ɨɫɬɚɧɚɬɢɨɬ ɩɟɪɢɨɞ ɤɚɦɚɬɧɚɬɚ ɫɬɚɩɤɚ ɟ ɩɪɨɦɟɧɥɢɜɚ ɢ ɜɨ ɦɨɦɟɧɬɨɬ ɢɡɧɟɫɭɜɚ ɩɪɢ ɲɬɨ ɦɟɫɟɱɧɚɬɚ ɪɚɬɚ ɢɡɧɟɫɭɜɚ ɞɟɧɚɪɢ ɋɨ ɟɞɧɨɤɪɚɬɧɢɨɬ ɚɩɥɢɤɚɬɢɜɟɧ ɬɪɨɲɨɤ ɞɟɧɚɪɢ ɋȼɌ ɢɡɧɟɫɭɜɚ ɧɚ ɝɨɞɢɲɧɨ ɧɢɜɨ ɈɜɢH ɭɫɥɨɜɢ ɜɚɠɚɬ ɡɚ ɤɥɢɟɧɬɢ ɜɪɚɛɨɬɟɧɢ ɜɨ ȳȺ ɢ ȺȾ ɫɨ ɩɥɚɬɚ ɩɪɟɤɭ ɍɇɂȻɚɧɤɚ ɨɞ ɞɨ ɝɨɞ

ǸǾdzDzǶȀǼȀ

ǮǰȀǼ ǺǼǯǶǹ

ɁȺ ɈȾɈȻɊɍȼȺȵȿ ɇȺ

ɲɨɩɢɧɝ Бела Техника

ʸʫ˃˄ʦʤʼʫ

ʺʫʥʫʸ

ɧɚɞɨ ɦɟɫɬ

ˌʶʽʸʤˀʰʻʤ

ʺʫʥʫʸ

ǽǼ DzǮ ǾǼ ȄǶ

100 луѓе. Последните податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека на крајот на јуни во Македонија имало 687.465 вработени, од кои 530.285 биле вработени во приватниот сектор. Во изминатите три години бројот на вработени во приватниот сектор е зголемен за 48.382. За да дојдеме до бројката каде најмногу се отворале работни места се фокусиравме на вработувањата кои биле отворени во изминатите три години во преработувачката индустрија, во земјоделието и во градежништвото. Во преработувачката индустрија во јуни годинава работеле 128.756 работници, додека во јуни 2011 година

ǾdzȂǶǻǮǻǿǶǾǮǩdz ǻǮ ǸǾdzDzǶȀǶ

ˌʽʿʰʻʧ


Капитал број 788 05.12.2014

16

www.kapital.mk

cover story

во овој сектор имало 119.744. Тоа значи дека за период од три години, бројот на вработени во преработувачката индустрија е зголемен за 9.000 нови работни места. Во истиот период бројот на вработените во земјоделието е зголемен за 3.170 и на крајот на јуни годинава во овој сектор работеле 123.173. Во градежништвото на крајот на јуни работеле 44.745 и за изминатите три години се вработени 6.435 повеќе работници. Бројот на работниците во првите десет месеци годинава е најмногу зголемен во преработувачката индустрија која вработува и најмногу работници, и тоа за 9,4%. Но, ако се гледа одделно по гранки најголемо зголемување на бројот на работниците има токму во секторите во кои странските инвеститори отворија фабрики. На пример, во производството на моторни возила и приколки, има зголемување на бројот на работници од дури 317,5%. Овој раст се должи најмногу на вработувањата кои ги реализираше белгиската компанија Ванхоол, која лани во технолошко-индустриската зона Бунарџик во Скопје ја отвори фабриката за производство на автобуси. Големо зголемување на бројот на вработените има и во производството на текстил каде бројот на работниците во октомври бил поголем за 43,2% во споредба со истиот период лани. Ова зголемување во најголем дел се должи на вработувањата на работници во втората фабрика на Џонсон Контролс во Македонија која се отвори во слободната зона Штип, а во која се произведуваат автомобилски навлаки и тапацири. Зголемување на бројот на работниците од 22,2% има и во производството на електрична опрема, што во најголем дел се должи на вработувањата во Кромберг и Шуберт, Дрекслмајер и некои други помали фабрики.

Тајна е колку пари добиваат странците за секое работно место!

Компаниите кои отвораат фабрики во слободните зони, покрај разните даночни и царински ослободувања добиваат и државна помош од буџетот за секое работно место, како и пари за обуки и преквалификации на работниците. Но, податоците за тоа за колкави суми станува збор се деловна тајна и не се достапни на јавноста. На пример, во последната одлука за доделување на државна помош на компанијата Маркарт која во зоната Караслари во Велес ќе отвори фабрика за производство на електрична и електронска опрема за моторни возила

стои дека Владата ја ослободува компанијата од персонален данок на доход за платите на вработените, понатаму добива надомест за секое отворено работно место кој за јавноста е тајна, а исто така добива и рефундирање на реално настанатите и оправдани трошоци направени со цел обука на вработените. Во решението на Комисијата за заштита на конкуренцијата стои дека компанијата Маркарт ќе ја добива државната помош во следните 5 години, но не се објавени сумите кои за овие пет години ќе и бидат трансферирани од зоните. И во решението за доделување на државна помош на Џонсон Контролс за отворањето на втората фабрика во Штип стои дека компанијата меѓу другите ослободувања и помош од државата, ќе добие и грант за покривање на трошоците за придонесите за задолжително социјално осигурување по основ на платите на вработените и кеш грант за креирање на нови работни места поврзани со инвестицијата кои и ќе бидат исплатени од буџетот. Но, на местата каде што треба да стои сумата за оваа помош стојат иксови- ХХХХ. Германската компанија Кромберг и Шуберт, која отвори фабрика во индустриската зона во Жабени добила ослободување од плаќањето на персоналниот данок на доход за вработените и 50% ослободување од вкупниот износ на сите задолжителни социјални надоместоци и придонеси по основ на плати на вработените во период од две години. Покрај овие две компании, Комисијата во изминатите две години донела решенија за исплата на државна помош од буџетот и на белгиската фабрика за автобуси Ван Хоол, германската Дрекслмајер, Кромберг и Шуберт и СМР Аутомотив Системс. За многу домашни и странски компании кои работат надвор од зоната на оваа помош која ја добиваат странските инвеститори во последните неколку години од буџетот ја гледаат како нарушување на конкуренцијата и условите за водење на бизнис. “Овие компании се корпоративно управувани компании кои на светско ниво ги почитуваат Глобалниот договор на Обединетите нации, Глобалниот договор за мултинационални компании, Глобалната иницијатива за отчетност и известување и договорите за усогласеност на актите. Ако ги почитуваат овие договори и ги објават договорите за нивното работење во Македонија тогаш ќе излезат од зоната на сомневање во начинот на кој работат и ќе се види дали и

колкава придобивка имаат даночните обврзници во Македонија кои ги плаќаат ослободувањата и помошта која е дел од договорите со компаниите во слободните зони кои отвораат работни места”, вели Миле Бошков, претседател на Конфедерацијата на работодавачи на Македонија.

Дали странските инвеститори ќе ја намалат невработеноста?

Повеќето агенции за вработување кои ги консултиравме го делат впечатокот дека најмногу работни места во изминатава година се отвораат од страна на фабриките во слободните зони. Но, дилемата која се наметнува е дали овие работни места кои се отвораат и кои се во најава се доволно да ја намалат невработеноста, посебно во услови кога многу други фирми надвор од зоната кои не ги уживаат овие поволности се принудени да отпуштаат вработени или да го замрзнат вработувањето додека не дојдат подобри времиња. Податоците од Државниот завод за статистика покажува дека невработеноста во Македонија заклучно со јуни изнесувала 28,2%. Или во Македонија на крајот на јуни имало 270.325 невработени. Тоа е историски најниска невработеност во Македонија за време на целата независност на земјата. За период од една година, или од јуни лани до јуни годинава, бројот на вработени во Македонија е зголемен за околу 9 илјади. Но, тоа очигледно е малку за да се намали се уште големата невработеноста. Имено, бројот на невработени од јуни лани до јуни годинава е намален за само 3.500. Значи само толку лица од листата на невработени нашле вработување во изминатава година. Во исто време, Агенцијата за вработување бележи дека во октомври годинава работа барале над 120 илјади лица, а во исто време има околу 6.000 слободни работни места. Тоа значи дека за секое слободно работно место доаѓаат по 20 лица кои активно бараат работа. Оттука, се наметнува заклучокот дека овие работни места кои се отвараат во македонската економија се премалку за да ги апсорбира оние кои немаат работа. Ако не се создадат услови во кои ќе се поттикне отварањето на работни места и кај остатокот на приватниот сектор, тогаш тешко дека странските инвестиции ќе можат да го надополнат нефункционирањето на остатокот од економијата.



Капитал број 788 05.12.2014

18

анализа

vuva i @ Za it s e inv to vo e raw ovite d fon

Investiciski fondovi ostvaruvaat prinosi i do 25%


www.kapital.mk

Капитал број 788 05.12.2014

анализа

И

нвеститорите што вложиле пари во некој од инвестициските фондови во земјава, годинава тријат раце бидејќи годишните приноси достигнуваат и до 25%. Во време кога каматите за штедење паѓаат, инвестициските фондови може да се пофалат дека оствариле солидни приноси за инвеститорите. Најпаметно одиграле оние што вложиле во фондови кои што парите ги инвестираат во акции и обврзници на Македонската берза но и на странски берзи, бидејќи нивните приноси се движат од 12% до 25%, додека пак најниски приноси имаат паричните фондови кои што парите вообичаено ги вложуваат во банкарски депозити. Интересот за вложување во инвестициски фондови драстично се зголемува а тоа го покажува и податокот дека за една година, инвеститорите вложиле два и пол пати повеќе пари. Сега сите 11 фондови управуваат со 31,4 милиони евра.

19


Капитал број 788 05.12.2014

20

анализа

пишува:

Александар Јанев

И

aleksandar.janev@kapital.mk

нвеститорите што вложиле пари во некој од инвестициските фондови во земјава, годинава тријат раце бидејќи годишните приноси достигнуваат и до 25%. Во време кога каматите за штедење паѓаат, инвестициските фондови може да се пофалат дека оствариле солидни приноси за инвеститорите. Најпаметно одиграле оние што вложиле во фондови кои што парите ги инвестираат во акции и обврзници на Македонската берза но и на странски берзи, бидејќи нивните приноси се движат од 12% до 25%, додека пак најниски приноси имаат паричните фондови кои што парите вообичаено ги вложуваат во банкарски депозити. Интересно е што токму овие фондови со најниски приноси, располагаат и со најмногу пари, што значи дека граѓаните не се подготвени да ризикуваат повеќе за повисоки приноси. Интересот за вложување во инвестициски фондови драстично се зголемува а тоа го покажува и податокот дека за една година, инвеститорите вложиле два и пол пати повеќе пари. Сега сите 11 фондови управуваат со 31,4 милиони евра. Менаџерите на инвестициските фондови коментираат дека дури на ова ниво на ангажирани средства во фондовите можеме да се каже дека друштвата кои управуваат со нив почнуваат да го достигнуваат прагот на рентабилност на нивното работење. Тие имаат позитивни очекувања дека ќе продолжат да остваруваат солидни приноси и дека паралелно со тоа ќе расте и интересот на

Горан Марковски

главен извршен директор на КБ Публикум Инвест

К

Б Публикум инвест управува со три инвестициски фондови различни по политиката на инвестирање на средства. Остварениот принос на Балансираниот фонд од 23% е резултат на соодветниот избор на вложувања во акции и обврзници и на македонскиот и на развиените пазари на капитал. Со оглед на позитивните очекувања за подобрување на состојбите пред се во Европската економија во 2015 година, сметам дека позитивните трендови на пазарите на капитал се одржливи и во наредниот период.

граѓаните да инвестираат во овие фондови. „Изминатите две години во однос на претходните неколку има видливо придвижување на оваа индустријата напред. Иако прогресијата е бавна, битно е што трендот е позитивен. Во таа насока сметам дека интересот за вложување во следните години, особено поради падот на каматните стапки, постепено ќе се зголемува“, оценува Лазе Камчев, извршен директор на КД Фондови. Главниот извршен директор на КБ Публикум, Горан Марковски, објаснува дека приносите што ги остваруваат фондовите ќе зависат од заздравувањето на глобалната економија и перформансите на пазарите на капитал, меѓутоа, според него, доаѓаат уште подобри денови за инвеститорите. „Со оглед на позитивните очекувања за подобрување на состојбите пред се во европската економија во 2015 година, сметам дека позитивните трендови на пазарите на капитал се одржливи и во наредниот период“, вели Марковски. Дека оваа индустрија заживува докажува и тоа што од неодамна Комисијата за хартии од вредност издаде дозвола за работа на уште два нови инвестициски фондови. Со тоа вкупниот број на инвестициски фондови во кои што граѓаните ќе може да инвестираат се искачува на 13. Финансиските аналитичари коментираат дека

заострувањето на конкуренцијата во овој сектор е добредојдено бидејќи со тоа уште повеќе ќе се зголемува свеста кај граѓаните за оваа алтернатива за инвестирање. „Со оглед на големината на потенцијалниот пазар дефиниран преку депозитите во деловните банки, сметам дека воведувањето на нови фондови нема значајно да се одрази врз намалување на средствата на управување во постоечките фондови. Од досегашните искуства при вложување на средствата во фондовите, императив за инвеститорите е довербата кои тие ја имаат во финансиската институција со која соработуваат. Оттука сметам дека и новите фондови ќе биде неопходно да поминат низ оваа фаза на препознавање на пазарот. Конкуренцијата е добродојдена дотолку повеќе што ќе претставува дополнителен канал за промоција на оваа дејност која во Македонија се уште не е прифатена од голем број на инвеститори како алтернатива за вложување на слободните средства“, вели Марковски. Според податоците, просекот на средства на управување во инвестициските фондови изнесува 15,7 евра по жител, што е значително подобрување во споредба со лани кога просекот изнесуваше 6,4 евра. Во 2008 година, на пример, кога се појавија првите инвестициски фондови на пазарот, тие управуваа со само 0,4 евра по жител.

Паричните фондови за зихераши, акциските за повисоки приноси

Инвестициската политика на фондовите во голема мера го определува типот на инвеститорите. Оние што не сакаат многу да ризикуваат, се одлучуваат да инвестираат во парични или обврзнички фондови кои што имаат и најниски приноси и тие опфаќаат речиси 85% од сите средства со кои што управуваат инвестициските фондови. „Во моментот најголем е интересот на инвеститорите за паричните фондови, но сметам дека во иднина интересот за акциските фондови ќе биде поголем“, вели Камчев. Марковски објаснува дека во паричните фондови најмногу вложуваат фирмите и други финансиски институции и на тој начин управуваат со ликвидноста, додека пак граѓаните најчесто се одлучуваат за инвестиции во акции и обврзници. „Врз основа на нашите досегашни искуства може да се констатира дека балансираниот фонд како алтернатива за долгорочно вложување во акции и обврзници е поприфатен од физичките лица. Овој фонд има принос од 23% и е резултат на соодветниот избор на вложувања во акции и обврзници и на македонскиот и на развиените пазари на капитал. Паричните фондови од друга страна, како алтернатива на краткорочно пласирање на средствата со многу повисок принос се


www.kapital.mk

Капитал број 788 05.12.2014

анализа Лазе Камчев

извршен директор на КД Фондови

И

зминатите две години во однос на претходните неколку има видливо придвижување на оваа индустријата напред. Иако прогресијата е бавна, битно е што трендот е позитивен. Во таа насока сметам дека интересот за вложување во следните години, особено поради падот на каматните стапки, постепено ќе се зголемува. Во моментот најголем е интересот за паричните фондови, но сметам дека во иднина интересот за акциските фондови ќе биде поголем. користат пред се од фирмите во Македонија. Во оваа група влегуваат и низа финансиски институции кои што ги пласираат привремените вишоци на средства во овие фондови, што е секако потврда за нивната економска оправданост“, вели Марковски. Интересно е што инвестициските фондови им овозможуваат на македонските инвеститори индиректно да купуваат хартии од вредност и од странските компании. Со тоа се обезбедува учество и можност за тргување на инвестициските фондови, како посебен вид финансиски институции, на странските берзи. Тоа значи дека со удел во некој акциски фонд, индиректно инвеститорот вложува во акции на Google, Apple, Coca Cola, Intel, BMW или Samsung. Овие инвестиции носат стабилна заработка, но без можност да се остварат енормно високи приноси. Повисок принос, според аналитичарите, може да обезбедат вложувања во акции на пазарите на капитал во земјите во развој. Првите инвестициски фондови

во земјава се отворија во 2007 година. Во развиените пазарни економии, тие имаат значајна улога на пазарот на капитал, но во земјите во развој како Македонија, имаат занемарувачка улога и прилично се млади и непознати за пошироката јавност. Тоа се финансиски организации, односно институционални инвеститори коишто, мобилизираните средства, ги прибираат од ситните, односно индивидуалните инвеститори. Парите ги инвестираат во краткорочни и долгорочни инвестиции, а за вложените средства инвеститорите добиваат акции од фондот или, пак, удели од финансиската актива на фондот. Прибраните финансиски средства фондовите ги пласираат на домашниот или меѓународниот пазар на капитал. Но, тоа зависи од целта за што е основан фондот и тоа мора да биде наведено во проспектот, што го добива секој инвеститор. Вложувајќи во различни видови хартии од вредност и од различни земји инвестициските фондови вршат

Американците инвестирале 17 милијарди долари во инвестициски фондови

И

нвестициските фондови се најразвиени во САД. На крајот на 2013 година, 98 милиони американски инвеститори вложиле 17 милијарди долари во инвестициски фондови. Во споредба со 2012 година, овие фондови евидентирале раст на активата за 30%. Тие акумулираните финансиски средства ги вложуваат секаде во светот (не само во САД) и така придонесуваат за развојот на пазарите на капитал и нивното континуирано унапредување. Важноста на инвестициските фондови не е само во активата со којашто тие управуваат, туку и во бројот на инвеститори што го имаат. Ако во САД довербата на овие фондови им ја дале повеќе од 98 милиони инвеститори, претставува уште еден доказ за големата моќ што ја имаат тие во развиениот свет. Во период од 75 години наназад, тие веќе 59 години покажуваат позитивни финансиски резултати, а 16 години негативни. Долгорочно гледано, просечниот принос, што годишно го обезбедиле е 12,55%.

диверзификација на ризикот на вложените средства, а тоа индивидуалниот инвеститор не може да го постигне. Инвестициските фондови промовираат различен начин на штедење, што ја зголемува ефикасноста на вложувањата, особено преку инвестирање во најпрофитабилните хартии од вредност со определено ниво на ризик.

21

Интересот кај индивидуалните инвеститори за вложување во инвестициските фондови расте затоа што тие нудат повисок принос на вложените средства, отколку каматата на депозитите во банките. Финансиските аналитичари советуваат вложувањата во инвестициските да бидат долгорочни, но објаснуваат дека вложените средства на инвеститорите им се достапни во секое време. Предностите од тргувањето на странските берзи се повеќекратни за инвеститорите, заради географската диверзификација на ризикот. Исто така, на странските берзи се овозможува тргување со различни видови хартии од вредност, што не постојат на Македонската берза.


Капитал број 788 05.12.2014

22

www.kapital.mk

анализа

Kako da se privle^e dijasporata da investira?

Iselenicite pra]aat ama se pla[at da pra biznis vo Makedonij пишува:

Дејан Азески

М

dejan.azeski@kapital.mk

акедонија годишно инкасира околу 900 милиони евра од дознаките на иселениците кои претставуваат 12% од БДП на оваа земја. Според статистиките на народната банка ова е

една од најстабилните ставки во бруто домашниот производ, која дури и во време на кризата (2008-2011) наместо да се намалува се зголемува“, ова го потврди гувернерот Димитар Богов на минатонеделната јавна расправа за потенцијалите на македонската дијаспора која се одржа во собранието на Република Македонија. Сепак едногласен заклучок на сите дискутанти беше дека како прво има простор оваа

бројка да е многу поголема и како второ дека неопходно е да се најде начин овие пари да се искористат за попродуктивни инвестиции наместо за непродуктивно трошење. И навистина статистички 55% до 80% од дознаките кои стигнуваат во земјава се користат за лична потрошувачка на семејствата кои ги добиваат. Едвај 11% до 18% оди за подолгорочни штедења или инвестиции, но и тоа не е сигурно

Антонио Милошевски

Димитар Богов

Т

М

Потпретседател на собрание

оа што може да се направи е да се изготви една национална стратегија како и до која мерка би било можно овие девизни приливи да ги стимулираме, наместо да бидат за секојдневни трошоци или инвестирање во недвижнини, полека да се преобратат во девизни приливи кои би биле насочувани во инвестирање во мали и средни претпријатија, со можност понатаму тие преку приходот да ја вратат инвестицијата којашто била остварена.

гувернер на НБРМ

МФ сугерира идеја за издавање обврзници за иселениците. Ние сметаме дека можеби е подобро тоа да се направи преку локалните власти од традиционалните печалбарски региони. Праксата покажува дека иселениците многу повеќе се врзани за местото од кое се родени и согласно со тоа на таков начин се очекува поголем интерес.


www.kapital.mk

Капитал број 788 05.12.2014

анализа

23

Единствен начин да се привлечат повеќе инвестиции од дијаспората во Македонија е да им се предложат конкретни проекти кои ќе носат заработка приближна како онаа во развиените земји од каде потекнуваат нивните пари. Дополнително државата мора да ги скрши стереотипи и да ја врати довербата дека во Македонија функционираат законите и дека капиталот на инвеститорите е заштитен. и до која мерка би било можно овие девизни приливи да ги стимулираме, наместо да бидат за секојдневни трошоци или инвестирање во недвижнини, полека да се преобратат во девизни приливи кои би биле насочувани во инвестирање во мали и средни претпријатија, со можност понатаму тие преку приходот да ја вратат инвестицијата којашто била остварена“ Според Милошевски ако вака професионално со пристапи во оваа проблематика тогаш ќе паднат сите стереотипи кои со децении постојат за македонската дијаспора. „Мора да се знае дека иселениците не се оптоварени со минатото, туку многу повеќе со сегашноста. Тие доминантно не се занимаваат со етнички прашања, туку со економија, бизнис и развој. Дијаспората ако се гледа вака во никој случај не е проблем туку шанса и потенцијал за економски развој“

t pari, avat ja ако се знае дека во оваа ставка влегуваат средствата вложени повторно во непродуктивни недвижности. Поради тоа потпретседателот на собранието Антоние Милошевски како иницијатор на дебатата повика да се изготви национална стратегија за стимулирање на инвестиции од дијаспората. „ Тоа што може да се направи е да се изготви една национална стратегија како

12%

oд БДП на земјава се генерираат од девизните приливи од иселениците

55-80%

oд дознаките се користат за лична потрошувачка на семејствата кои ги добиваат

11%-18% oд дознаките одат за подолгорочни штедења или инвестиции

Не треба да бараме донации, туку инвестиции

Успешниот тетовски бизнисмен Шефки Идризи сопственик на Ренова кој поседува бизниси во целиот регион е класичен пример на успешен повратник од странство. Врз база на личното искуство тој најизворни ни го прикажа начинот на размислување на иселениците и пречките кои се јавуваат во нивната глава. „Досега долги години кај нас се викаше дека иселениците треба да донираат за својата земја. За човек кој со тешка мака ги заработил своите пари ваквото барање навистина знае да предизвика несогласувања и отпор. Но ако некој им предложи да инвестираат во земјава и за тоа им овозможи конкретни услови, предлог проекти и слично, тогаш најголем дел од дијаспората со задоволство ќе инвестира“ вели Идризи. Поддршка на тезата на Идризи даде и гувернерот Богов кој смета дека повеќе пари од дијаспората можат да се привлечат само преку атрактивни финансиски инструменти. „ММФ сугерира идеја за издавање

Мазлум Хасан

бизнисмен повратник од Италија

К

900

милиони евра добива Македонија од дознаки секоја година

ога било кој бизнисмен сака да инвестира тој логично бара најдобра локација во поголемите градски центри каде што има поголем потенцијал и поголема инфраструктура. Затоа ни остануваат одредени региони целосно запуштени и неразвиени. Иселениците напротив инвестираат и во најнеразвиените региони. Тие свесно ризикуваат со профитот и исплатливста само за да се во родниот крај и да за го помогнат населението таму.

обврзници за иселениците. Ние сметаме дека можеби е подобро тоа да се направи преку локалните власти од традиционалните печалбарски региони. Праксата покажува дека иселениците многу повеќе се врзани за местото од кое се родени и согласно со тоа на таков начин се очекува поголем интерес“ смета Богов. Мазлум Хасан бизнисмен повратник од Италија и поранешен градоначалник на Центар Жупа вели дека инвестициите од дијаспората имаат и поинаква додадена вредности од сите други странски и домашни инвестиции. „Кога било кој бизнисмен сака да инвестира тој логично бара најдобра локација во поголемите градски центри каде што има поголем потенцијал и поголема инфраструктура. Затоа ни остануваат одредени региони целосно запуштени и неразвиени. Иселениците напротив инвестираат и во најнеразвиените региони. Тие свесно

Шефки Идризи

бизнисмен повратник од Швајцарија

Д

ијаспората во изминатите години во целост ја изгуби вербата Македонија, луѓето слушнале и се плашат од корупцијата и од невладеењето на законите. Се плашат од спорите административни процедури за кои знаат дека постојат. Тие се навикнати на едно средно општество и тука навистина не можат да се снајдат и јас ги разбирам.


Капитал број 788 05.12.2014

24

www.kapital.mk

анализа

ризикуваат со профитот и исплатливоста само за да се во родниот крај и да за го помогнат населението таму “ вели Хасан. Според Министерот за странски инвестиции Веле Самак дијаспората може да помогне и во привлекувањето на странски инвестиции преку контактите и ресурсите кои тие ги имаат. „Треба да има почеста и поредовна комуникација меѓу нашите државни институции и дијаспората, да се знае реално кои се можностите и каде се движи таа дијаспора, и да се овозможат можности на ист начин за да се врати тоа знаење и доволно е да се има истиот пристап што се има со странските фирми.“, заклучува Самак.

Најмногу дознаки од Западна Европа (Германија- Италија)

70%

Западна Европа

24% 22%

Германија Италија Австралија Швајцарија Турција САД Канада Австрија

13% 11% 11% 9% 9% 5%

Што ги кочи иселениците да инвестираат?

Министерот Самак потврдува дека дијаспората може да направи многу за земјава, но само доколку наиде и на соодветна повратна реакција од тука. А за тоа како треба да изгледа таа реакција најдобро знаат самите бизнисмени од дијаспората. Еве го мислењето на бизнисменот повратник Шефки Идризи кој најдословно ги детектира сите проблеми кои ги кочат иселеници да инвестираат во Македонија. „Јас сум еден од тие што многу тешко ги заработил парите што значи дека тешко и внимателно се одлучувам да ги инвестирам . Таков е случајот со поголемиот дел од иселениците, тие не да не сакаат да инвестираат во Македонија туку се претпазливи. Дијаспората во изминатите години во целост ја изгуби вербата Македонија, луѓето слушнале и се плашат од корупцијата и од невладеењето на законите. Се плашат од спорите административни процедури за кои знаат дека постојат. Тие се навикнати на едно средно општество и тука навистина не можат да се снајдат и јас ги разбирам“ Според него се уште во Македонија имаме и некои компании кои работат илегално и го злоупотребуваат системот и дека тие се тие кои го нарушуваат угледот, тие се тие кои предизвикуваат сомнеж кај дијаспората. Идризи сепак дека тој лично е најголем доказ дека во Македонија состојбите не се така лоши како што останало во

Не важна e бројката на иселениците туку човечкиот потенцијал

С

о вкупната бројка на Македонци кои живеат во странство со децении се шпекулира. Многумина тврдат дека таа е поголема од два милиони луѓе односно дека со децении повеќе Македонци живеат надвор отколку во сопствената држава. Ниту Агенцијата за иселеништво ниту било која надлежна институција не располага со ваква бројка. Според потпретседателот на Собрание Милошевски на крај бројката на иселениците не е толку важна колку нивниот потенцијал. „Кога велам потенцијал не велам само приливи на средства. Зборувам и за човечки потенцијал на македонска дијаспора кој е се посилен и од кој државата може да искористи. Дијаспората не треба веќе да се сфаќа како проблем туку како шанса и голем потенцијал.“ вели Милошевски.

сеќавања на иселениците и дека на секаков можен начин во тоа треба да се убедат и луѓето надвор. „Аномалии има, но народот вели планина без волк нема. За мене и според моето искуство Македонија е стабилна земја. Мислам дека владата треба да го најде модусот да ги убеди

иселениците во тоа. На добар пат сме но можеме да направиме и многу повеќе. Трудот ќе се исплати верувајте бидејќи во дијаспората има огромен потенцијал кој седи неискористен. Ако навистина успееме максимално да ја искористиме дијаспората Македонија ќе биде Сингапур на Балканот“.



Капитал број 788 05.12.2014

26

www.kapital.mk

политика

Кога нема борба со корупцијата нема ниту перцепција за неа

М

еѓу 175 земји, Македонија е на 64 место според индексот за перцепција на корупцијата, покажува истражувањето на Транспаренси интернешнал за годинава на заминување. За ориентација, ова е подобар резултат од оној што го имаат сите не-ЕУ земји од регионот - Црна Гора е на 76 место, Србија на 78, Босна и Херцеговина на 80, Косово на 110 место, а послаб од оној на Словенија, која е на високото 39 место, и на Хрватска, која е на 61 место, и како таква меѓу членките на Европската унија е помалку корумпирана (според перцепцијата на нејзините граѓани)

само од Бугарија, Грција, Италија и Романија. Позицијата што ја зазема Македонија вака изгледа дека не е лоша, но, не треба да се заборави дека истражувањето на ТИ не ја мери корупцијата, туку перцепцијата за неа. А на перцепцијата влијае свеста на граѓаните за тоа што с$ е корпуција (во Македонија оваа свест е рудиментирана), и, секако, борбата на државата со корупцијата - дали има случаи (американскиот амбасадор, Пол Волерс, н$ „пофали“ дека имаме нула корпуција според бројот на процесирани случаи) од кои граѓаните ќе заклучат дека корупција има.

> БРОЈКИ

3.273

кандидати конкурирале на третиот оглас за вработување на 400 полицајци на територија на Град Скопје, соопштија од МВР

1.700

лица од вкупно 5.000 кои се претпоставува дека ќе се вработат со новиот Закон за вработување на лица со хендикеп, ќе се вработат во администрацијата, соопштија од Владата

4

милиони денари ќе се скратат од ставките за основни плати и придонеси во општина Карпош, со цел да се подмират сметките за греење во училиштата и градинките во оваа општина.

facebook 1

Vlatko Vasilj

2

Богдан Илиевски

3

Во Македонија се намалила корупцијата. Народот веќе нема пари за подмитување.

Кум на фрлањето на светиот крст во Охридско Езеро ќе бил Жељко Јоксимовиќ. Да, а? И како ќе се викат сеа празникот, ВОДИЦЕ? Ramadan Ramadani

Градовите се места каде луѓето имаaт оџаци, загадените градови самите се оџак #makedonijasmrdi2014

Sovetnici, sorabotnici, referen

Novi 194 vrabot vo samata Vlada пишува:

Габриела Делова

gabriela.delova@kapital.mk

Р

ечиси 200 нови лица ќе се вработат во Влада, преку огласот кој неделава го објави владиниот Генерален секретаријат. Според огласот, се бараат точно 194 нови државни службеници, од кои, двајца државни советници, 22 помлади

соработници за општи и административни работи, 12 помлади соработници за економија и бизнис администрација, 26 помлади соработници за административни работи, 32 помлади соработници за оперативна поддршка за технички работи, 9 помлади соработници за оперативна поддршка за ракување со техничка опрема, 54 помлади референти за технички работи и уште 19 помлади референти за оперативна поддршка за технички работи. Најголемиот број од нив, вкупно 119


www.kapital.mk

Капитал број 788 05.12.2014

бум-трес Попоски убеден: Преговорите со ЕУ зависат од Грција, не од реформите?!

О

длуката за старт на преговорите е кај Европскиот совет или во нашиот случај одлуката лежи кај Грција. Ова го соопшти министерот за надворешни работи Никола Попоски, пред Комитетот за надворешни работи во Брисел. „Доколку Грција не се согласи не можеме да се надеваме на било каков старт на пристапните преговори. Принципот на поддршка од 28 членки за оваа одлука ќе остане. Во меѓувреме мислам дека Европскиот парламент

може да биде многу корисен, со овие дискусии прашањето да се стави на агендата и потребни се дискусии со кои ќе се даде кредибилитет на овој процес“, вели тој. Известувачот за Македонија во парламентот Иво Вајгл упати критика до Унијата за неефикасноста во затворање на отворените прашања, но исто така посочи дека Македонија има уште многу да направи во реформата на судството, слободата на медиумите и Охридскиот договор.

Можеби странските компании на годишно ниво најавуваат и до 3.000 вработувања во земјава, но ниту една друга фирма/ институција не вработува толку често, и со еден оглас толку многу лица, како Владата. Само пред еден месец, МВР објави нови вработувања од 400 полицајци, а во септември беше објавен оглас и за 150 нови рамковни вработувања. Простата математика покажува дека за едно тримесечје, државните институции вработуваат и до 1.000 лица

nti...

tuvawa a

ќе работат за плата од 340 евра, 73 ќе земаат плата од 213 евра, а само двајца од нив (двајцата државни советници) ќе се вработат за плата од 600 евра. Сите заедно, ќе го оптоварат буџетот за нешто помалку од милион евра на годишно ниво (точно 816.000 евра). Само месец претходно, на овој оглас, му претходеше огласот распишан од Министерството за внатрешни работи, преку кои се бараат 400 нови полицајци. Според последните информации од Министерството, процесот на

селектирање на новите полициски службеници, е се уште во тек, а на огласот се пријавиле преку 3.000 кандидати, или по 8 лица за едно место. Во септември, пак, Секретаријатот за спроведување за рамковниот договор, распиша оглас за нови 150 „рамковни“ вработувања. Според оваа математика, само во последните три месеци, Владата вработила околу 800 нови лица. А ако се земат предвид и останатите помали огласи од Агенцијата за администрација, преку која неделно се огласуваат и по 20 државни службеници во министерствата и другите институции, бројката за едно тримесечје е многу поголема. Таму, само неделава, беа објавени огласи за 17 нови вработувања во Министерството за финансии и 13 за во Министерството за образование и наука. Што значи дека, за три месеци, бројката достигнува и до 1.000 нови вработувања. Со ваквото темпо на вработување, Владата тешко може да ја разбие перцепцијата, дека најголем „вработувач“ во земјава е токму државата. А со тоа, да го побие и мислењето кај младите, дека местото во администрација е најдобро.

27

Нурхан Изаири

министер за животна средина

али ќе имаме Д подобар квалитет на воздухот не зависи од

Министерството, туку од одлуката на граѓаните како ќе се греат, дали ќе возат стари возила... Пред да дава вакви изјави министерот нека провери кој дозволил увоз на старите возила на пример.

Али Ахмети

лидер на ДУИ

емјата е во проблеми З кои бараат решенија и храброст и нови,

неочекувани одлуки и вон партиската програма. Ништо ново, ни неочекувано - 6 години на власт Ахмети се служи со најави.

Артан Груби

пратеник на ДУИ

ДСМ да не се надева С дека преку ДУИ ќе дојде на власт.

Пратеникот на ДУИ јасно и гласно порачува дека најавите на Ахмети од погоре не одат на конто на СДСМ.

twitter 1

Кројачот од Панама@krojacot

2

Миле Паника @Mile_Panika

3

Noli@sinolickat

Како ќе си посадиш така ќе си сечеш. - Македонска поговорка од поново време

Не е време сега студентите да искачаат на улица. Таму ќе бидат кога ќе дипломираат.

Има два вида критериуми. Едните се од стиропор, а другите од Кензо Танге. Ај погодете кои побрзо се рушат.


Капитал број 788 05.12.2014

28

www.kapital.mk

политика

Izve[tajot od EU e ^udo za tri dena

Mnogu eksperti z planovi, malku re пишува:

Катерина Синадиновска

П

katerina.sinadinovska@kapital.mk

артизирано судство и селективна правда, притисок врз слободата на говор и критиката, нереформирана јавна администрација, проблеми во пазарната

економија, загушен невладин сектор – ова со години се клучните сфери во македонското општество коишто според официјален Брисел треба итно да бидат подложени на реформи. Истите сектори, со помалку или повеќе истите забелешки се најдоа и во овогодинешниот Извештај на ЕУ, а македонската Влада веќе има воспоставено практика како да одговори на ваквите наоди. Интересот пред се е ставен само врз тоа дали Извештајот содржи препорака за почеток на

преговори, па ако неа ја има, тогаш сите забелешки одат во „кошницата на приоритети“ и владините надлежни функционери ветуваат дека токму од тие негативни констатации ќе произлезат плановите за нивни натамошни активности. Така, секоја година после објавувањето на извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија, нашата Влада готви стратегии и акциски планови како да постапува според забелешките од


www.kapital.mk

Капитал број 788 05.12.2014

политика

29

Секоја година после објавувањето на извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија, нашата Влада готви стратегии и акциски планови како да постапува според забелешките од Брисел. Се вклучуваат сите надлежни министерства, се организираат трибини, се пишуваат документи, но, во самиот Извештај секоја година Комисијата забележува за истите проблеми. Така, наместо во вистински промени коишто написмено ги бараат Европејците, Македонија на патот кон ЕУ, како што предупредуваат и домашните експерти останува заглавена во документација

za akciski ezultati! Брисел. Се вклучуваат сите надлежни министерства, се организираат трибини, се пишуваат документи и сето тоа резултира со повторување на истите критични области кои според ЕК остануваат нереформирани секоја година. Зошто наместо во вистински промени, Македонија на патот кон ЕУ останува заглавена во документација и празна реторика – прашува Капитал, а од Владата одговараат дека реформите сепак течат.

Ако тоа е вистина, останува нејасно како е можно со толкава посветеност на поправка на истите аномалии на кои укажува ЕУ, да има толку мали резултати во спроведувањето на реформите неопходни за успешни интеграции.

Што предвидува новиот акциски план?

Веднаш откако се објави Извештајот премиерот Никола Груевски излезе пред јавноста со следнава изјава:

„Секој министер во својата област го анализира извештајот, ги вади сите сегменти, препораките, и на база на истите креира предлог за промени, за реформи кои влегуваат во вкупниот документ на Владата, акциски план за реформи, за промени, за подобрување и за решавање на некои слабости што ни ги посочила Европската комисија“. Но, според она што може да се дознае, конкретни реформи преку конкретни законски измени или решенија не се предвидени или барем засега не се откриваат во јавноста. Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Фатмир Бесими, институција којашто е главна и ги координира другите министерства, за „Капитал“ вели дека Вадата веќе подготвила Нацрт-Акциски план на селектирани приоритети со кој се предвидуваат активности во клучните приоритетни области: судство, медиуми и слобода на изразување, меѓуетнички односи, реформа на јавна администрација, имплементација на препораките на ОБСЕ/ОДИХР и добрососедски односи и регионална соработка. „Во реализацијата на предвидените активности ќе се вклучат релевантните државни институции, а носители се ресорните министерства односно, Министерство за правда, Министерство за информатичко општество и


Капитал број 788 05.12.2014

30

www.kapital.mk

политика

Петте теми за реформи коишто Македонија почнува да ги работи после секој Извештај... никогаш до крај: 1. Владеење на правото и основните слободи; 2. Реформа на јавната администрација; 3. Медиуми, слобода на изразување во медиуми и професионален стандард; 4. Изборната реформа и 5. Функционирањето на пазарната економија. администрација, Министерство за надворешни работи, Секретаријатот за споредување на рамковниот договор итн.“ вели тој. Сепак и Бесими на прашањето што точно предвидува Акцискиот план и какви поконкретни реформи налага во оние полиња кои јавно и самиот ги споменува, вели: „Нацрт-Акцискиот план е се уште во фаза на консултација и допрецизирање на конкретните активности, но се предвидуваат повеќе активности како што се носење на стратешки документи, законски измени врз основа на анализи во одделни област во делот на судството. Потоа продолжување на дијалогот со медиумите и организација на јавни дебати, понатамошно јакнење на капацитетите на судиите за примена на праксата на Европскиот суд за човекови права во делот на слободата на изразување, организација на дебати и со цел зголемување на довербата помеѓу заедниците и слично. “

Високиот дијалог само официјално деблокиран

Кога се зборува за реформите, неизбежно е да се спомене дијалогот

Јоханес Хан

комесар за проширување

Новиот комесар за проширување на Унијата, Јоханес Хан, пред десетина дена ги посети и Србија и Црна Гора, но се уште нема најави за негова посета во Скопје на високо ниво. Можеби веќе ретко некој се сеќава, но пред само две години Македонија почна една сериозен процес на европски реформи под името „Пристапен дијалог на високо ниво“ (ХЛАД)? Toa што тогаш од Владата на чело со премиерот Никола Груевски беше претставено како огромен успех за македонските европски интеграции, веќе година дена не функционира, а причините за блокадата на Дијалогот со Брисел се гледаат на различни страни. Оваа година не се одржа заеднички состанок на македонската Влада со бриселската администрација, со што стана и официјално јасно дека дијалогот е прекинат, но изненадува фактот што нашите официјални лица за разлика од времето кога истиот се

воспоставуваше, сега се максимално тивки на оваа тема, веројатно со надеж дека од преокупација со дневно актуелни политички теми, никој нема да најде време да се сети на овој битен процес. Пристапниот дијалог почна во времето кога вицепремиер за европски интеграции кај нас беше Теута Арифи. И таа, и сега веќе комесарот во заминување Штефан Филе не штедеа на транспарентност кога при брифинзите објаснуваа дека она што Македонија всушност го добива се реално преговори, но поради комплексниот спор со Грција за името, нема да се наречат така. Неодамна, токму во изјава за „Капитал“ Бесими откри дека Дијалогот е сопрен, со коментар дека


www.kapital.mk

Капитал број 788 05.12.2014

политика Фатмир Бесими

вицепремиер за евроинтеграции

В

о реализацијата на предвидените активности ќе се вклучат релевантните државни институции, а носители се ресорните министерства односно, Министерство за правда, Министерство за информатичко општество и администрација, Министерство за надворешни работи, Секретаријатот за споредување на рамковниот договор итн...

без разлика што тој процес е стопиран, Секретаријат работи и понатаму на планот за спроведување на реформи: „Главната пречка според мене е домашната политичка сцена и пред се отсуството на политички дијалог помеѓу власта и опозицијата, како знак за една политичка незрелост. Бојкотот на СДСМ не оди во полза на враќање на дијалогот и јас би апелирал до нив да се вратат во Собранието и да се воспостави една нормална политичка клима за работа“ изјави тој. Бесими пред само десетина дена беше во Стразбур и се обрати на 12. состанок на Мешовитиот парламентарен комитет Република Македонија – ЕУ, со што Дијалогот официјално се врати на маса. Но, информации пристигнаа само од Кабинетот на Бесими и никој друг, дури ни медиумите особено блиските до власта не дадоа значење на овој настан. Бесими таму го кажал она што заедно со колегата министер за надворешни работи, Никола Попоски

редовно го кажува – дека политиката за проширување е од клучно значење како за Република Македонија така и за ЕУ, а дека ороцесот на обединување на европскиот континент нема да биде завршен се додека не се интегрираат и земјите од Западен Балкан. Бесими ги информирал Европејците и за реформите, степенот на реализација на Агендата за ЕУ во земјата и конкретните постигнати резултати, повторно споменуваќи го фамозниот Акциски план: „Секретаријатот за европски прашања организираше средби со претставници на судството, академската заедница, граѓанскиот сектор, медиумите, бизнис заедницата кои се поканети да ги достават нивните предлози за НПАА, на што многу од нив одговориле на повикот со нивни предлози. Воедно, Владата веќе има усвоено нацрт акциски план со конкретни активности кои се фокусираат на приоритетните области како што се: судството,

31

Непосредно пред Извештајот на ЕУ, во Берлин се одржа конференција за земјите од Западен Балкан, кадешто канцеларката Меркел беше сосема јасна. Што според Берлин, им недостасува на балканските држави? XX владеење на правото XX сериозна и неселективна борба со криминалот и корупцијата XX плурализам на медиумите XX независни синдикати и стопанство XX политички активно граѓанско општество слободата на изразување и медиумите, меѓуетничките односи, реформите во јавната администрација, препораките на ОБСЕ/ОДИХР, добрососедските односи и регионалната соработка.“ Сепак, познавачите и дипломатите се едногласни дека ова дефинитивно не е ништо повеќе од официјална деблокада на дијалогот и дека за да може да стане вистински збор за продолжување на овој процес неопходни се и други чекори. Новиот комесар за проширување на Унијата, Јоханес Хан, пред десетина дена ги посети и Србија и Црна Гора, но се уште нема најави за негова посета во Скопје.


1 2 3 1

! " "# $

" %&$ ' $(&$) *+ )&, $&( "+- * .+/& % . 0&* 4 3 4



Капитал број 788 05.12.2014

34

www.kapital.mk

Балкан бизнис и политика

So pomo[ na Rot[ild, Todori] planira 4

[to ]e pravi so

Investicii, akvizicii i 13 пишува:

Игор Петровски

igor.petrovski@kapital.mk

фотографија:

фотоархива на Капитал

Н

ајголемиот балкански концерн Агрокор (Agrokor) ја ангажирал инвестициската банката Ротшилд (Rothschild) да му биде советник за јавната понуда на акции што би можела да “тежи“ околу четири милијарди евра, изјавиле повеќе неименувани извори за Ројтерс (Reuters). Агрокор сака да направи IPO (initial public offering), односно јавна понуда на акции во 2015 година и за таа цел најавиле ангажман на неколку банки, велат

изворите на Ројтерс. Локацијата за IPO се уште не е објавена официјално, но Лондонската берза се споменува како најверојатен избор, со тоа што зделката би требало да се случи пред летото догодина. Од Агрокор се уште не се огласиле со коментар, како ни од инвестициската банка Ротшилд, која што е само дел од Ротшилд империјата, можеби најмоќната семејна бизнис групација во светот, со корени од 18 век. Инвестициската банка Ротшилд, инаку со полното име “NM Rothschild & Sons Limited”, позната во светските бизнис кругови едноставно како “Ротшилд“ со седиште во Лондон, формирана е во 1811 година, а годишно прави обрт од преку 470 милиони евра.

Тодориќ: Ќе има и нови преземања

Инаку, Тодориќ, деновиве најави

дека компанијата во следниот период ќе инвестира многу. Во Агрокор размислуваат и за нови аквизиции, како што пренесоа регионалните медиуми. Прашан за тоа како на работењето на Агрокор ќе се одразат владините мерки што го засегаат буџетот, како на пример измените во оданочувањето на доходот, Тодориќ рече дека “сите знаеме што значи буџет, на прашањето е што објективно ќе се случува во позадина на сето тоа“. Тодориќ најави и отпуштања, но и нови вработувања. “Ми доаѓаат и ме прашуваат дали ќе отпуштам луѓе? Како да не отпуштам? Јас јавно кажувам – ќе отпуштам. Но, ние сега вработуваме 65.000 луѓе и човек што вработува толку народ го прашуваат дали ќе отпушта некого. Па нека вработи некој тројца. Јас го ценам оној што во трафика ќе вработи еден човек. Но, мене никој нема да


КАПИТАЛ МЕДИА ГРОУП

www.kapital.mk

Капитал број 786 21.11.2014

35

gazeli специјална едиција

19

компании кои растат и во време на криза

ДЕКЕМВРИ 2014

KOI SE KOMPANIITE KOI RASTAT I VO KRIZA?

К

Хрватскиот концерн Агрокор, најмоќната компанија на Балканот, наскоро ќе понуди свои акции преку голема светска берза, најверојатно Лондонската. Фамозната Ротшилд банка ќе му биде советник во тој процес на Ивица Тодориќ, сопственикот на Агрокор, а тој најавува дека нема да престане со силни вложувања, преземања и нови вработувања

4 milijardi evra od berza

tie pari?

3.000 vrabotuvawa ме праша колкави се моите буџети. Ние, ако сега отпуштиме 2.000 луѓе, во следните три години имаме буџет да вработиме 13.500 нови луѓе без аквизиции, без ништо“, тврди Тодориќ. Тој додаде дека на Хрватска и требаат инвестиции, затоа што други опции нема. “Нам ни требаат инвестиции, но да бидат профитабилни, конкурентни. Мора да се оди во инвестиции, нема друго“, рече Тодориќ одговарајќи на прашањата на новинарите по потпишувањето на договорот за соработка на неговата компанија со групата Emil Frey и германскиот концерн Daimler. На прашањето која е неговата порака до Владата, рече дека веќе многу работи се кажани. “Секој од нас носи своја одговорност, Владата своја, ние своја. Мислам дека гледате оти

Агрокор го одработува својот дел“. Осврнувајќи се на оваа деловна година, рече дека била добра, дека ќе има извесен пораст на приходите во однос на минатата.

Ротшилди заинтересирани за инвестиции на Балканот

На конференцијата на Трилатералната комисија која се одржа неодамна во Белград, иако најголемиот дел на темите за кои се разговарало се тајна за јавноста, она што е познато е најавениот интерес на фамилијата Ротшилд за инвестирање во Србија и регионот. Најави за инвестиции и поврзување на земјите од Западен Балкан преку инфраструктурни вложувања и зделки, продолжување на работите поврзани со Јуежн тек и зајакнување на позицијата на Србија

апитал Медиа Гроуп, во соработка со експерти и аналитичари, ја подготвува втората по ред годишна специјална едиција Газели на Македонија, која ќе излезе на 19 декември. Во едицијата Газели која има за цел да го поттикне растот и развојот на најбрзорастечкиот дел во приватниот бизнис во Македонија, ќе бидат рангирани 200 најбрзорастечки претпријатија во Македонија. Изборот на компании кои ќе се најдат во едицијата Газели ќе биде направен според точно дефинирани и строго одбрани критериуми и параметри:  да постојат четири последователни години 2010-2013  да имаат растечки приходи во изминатите 4 години (2010-2013)  да имаат остварени приходи над 6.000.000 денари во 2013 година  да имаат добивка во изминатите 4 години (2010-2013)  да имаат над 5 вработени Едицијата Газели е опширен преглед на најдинамичниот дел на македонската економија со конкретни податоци за работењето на компаниите во последните четири години. Во рангирањето ќе бидат прикажани податоците за растот на приходите, добивката и бројот на вработени на македонските газели во периодот од 2010 до 2013 година, како и податоци за тоа во кои дејности работат. ВО ЕДИЦИЈАТА ЌЕ МОЖЕТЕ ДА ГИ ПРОЧИТАТЕ СЛЕДНИВЕ АНАЛИЗИ:  Кои се македонските газели за 2013 година?  Тајните на компаниите кои растат и во криза  Како европските земји ги поттикнуват бизнисите побрзо да растат?  Кои се најефикасните мерките за поддршка на брзорастечките компании? Повеќе информации во врска со прилогот и за претставување во истиот можете да добиете на е-mail: gordana.mihajlovska@kapital.mk телефонскиот број: 02

3280 910

ЛИЦА ЗА КОНТАКТ:

ГОРДАНА МИХАЈЛОВСКА gordana.mihajlovska@kapital.mk САЊА САВОВСКА sanja.savovska@kapital.mk


Капитал број 788 05.12.2014

36

www.kapital.mk

Балкан бизнис и политика

Ротшилди, најмоќното семејство на планетава

Р

отшилди уште во 19 век биле убедливо најбогато и најмоќно семејство во светот. Во време на индустриската револуција уште повеќе се збогатиле, но истовремено и се повлекле од јавната сцена. Приврзаниците на теориите на заговор, тврдат дека семејството Ротшилд од сенка владее со светот, а фактите покажуваат дека нивните бизниси и компании се столб на економиите на САД и ЕУ, посебно во Велика Британија и Франција. На чело на фамилијата се баронот Јакоб Ротшилд и Натан Ротшилд, кој е сопственик или ко-сопственик на корпорациите RIT Capital, Atticus Capital, JNR Limited, Trigranit, British Petroleum… Преку свои луѓе Ротшилди имаат сопственост во над стотина мултинационални компании. Еден од тие претставници е и Најџел Хигинс, кој е истовремено и член на Трилатералната комисија, а кој преку странски инвестиции се само некои од позначајните заклучоци на конференцијата на Трилатералната конференција која се одржа во Белград на почетокот на ноември. Српскиот премиер Александар Вучиќ кој учествувал на два од шесте панели на Конференцијата нагласил во своето излагање дека нема демократија без силна економија и предложил поврзувањето на земјите од Балканот да биде направено преку инвестициски и инфраструктурни проекти, за што Вучиќ добил поддршка и од многу угледни бизнисмени. Имено на конференцијата на Трилатералната комисија во Белград на иста маса седеле претседатели на 16 водечки европски банки, директори на најмоќни компании, и многу важни светски геостратези и мултимилијардери. “Една од најмоќните и највлијателни фамилии во светот Ротшилд на конференцијата во Белград беше претставувана од Најџел Хигинс, кој е извршен директор на групацијата Ротшилд. Хигинс бил на свечената вечера кај премиерот Вучиќ и на завршната седница на Трилатералната комисија, на кој што позитивно го оценил развојот на Србија и во има на фамилијата Ротшилд најавил големи инвестиции во инфраструктурата во Србија и регионот”, пишува српскиот весник Вечерње Новости.

се придружил на бизнис империјата на Ротшилд во 1982 година откако дипломирал на Универзитетот Оксфорд. Од доцните 90-ти години бил на повее високи позиции во компаниите во сопственост на фамилијата Ротшилд, а во својата кариера бил и директор на Европската инвестициона банка. Како што неофицијално се дознава допрва треба да се договорат средби помеѓу претставници од земјите од регионот и фамилијата Ротшилд на кои конкретно ќе се разговара за плановите за инвестирање на оваа мултинационална корпорација. Инаку, во последните неколку години во службена посета на Србија биле Оливер Ротшилд и Натан Ротшилд. Познатиот светски стратег Оливер Ротшилд минатата година во Белградската бизнис школа имаше предавање за иновациите во работењето. Натан Ротшилд, пак, при неговата

Баронот Дејвид де Ротшилд, актуелен претседател на Ротшилд Групацијата

посета на Србија пред пет години пред српските и странските бизнисмени јавно изјави дека неговата фамилија е заинтересирана за инвестирање во рударски басени, енергетика, прехранбена индустрија и медиумскиот бизнис.

Колку е моќен Агрокор XX Индустрии: земјоделие, млечни и месни преработки, вода и сокови, вино, трговија XX Број на компании во концернот: 25 XX Број на брендови: Преку 60 XX Вработени: 65.000 XX Годишен обрт: 7 милијарди евра Мнозинскиот сопственик и основач на Агрокор, Ивица Тодориќ ја основаше компанијата како трговија со цвеќе во 1976 година. Следеа децении на раст на компанијата, која ја зголемуваше својата вредност и преку аквизиции во земјоделско производство, прехранбена индустрија и трговија. Денес концернот вработува близу 65.000 луѓе и има приходи од седум милијарди евра. Компанијата со седиште во Загреб денес, меѓу другото, е најголем хрватски производител на сладолед, мајонез и пакувана вода. Агрокор го купи трговскиот синџир Конзум во 1994 година. Во октомври минатата година, Тодориќ изјави за Фајненшл Тајмс (Financial Times) дека планира јавна понуда на акции во рок од две години – најголемата што некоја фирма од бившо-југословенските простори ја направила. Минатата година, после долги и тешки преговори, Агрокор купи мнозински удел во најголемиот словенечки трговски синџир Меркатор – зделка што на крајот чинеше 544 милиони евра, најголемото преземање на Балканот воопшто.


Со секоја купена Тортина 450г од Винчини донирате 5 денари за децата со посебни потреби во Виница, Штип, Куманово и Струмица


Капитал број 788 05.12.2014

www.kapital.mk

38

Свет бизнис и финансии Noviot investiciski plan na Junker ja podra

EU odvojuva 315 mil za za@ivuvawe na e пишува:

Габриела Делова

gabriela.delova@kapital.mk

фотографија:

фотоархива на Капитал

С

тагнацијата на европската економија веќе со години е проблем не само за Унијата, туку и за секоја нејзина членка. Последиците од истата се поразителни на секое поле. Милион луѓе останаа без работа, земјите се повеќе се заглавени во долгови, а проектите за излез од кризата речиси и воопшто да не даваат резултати. Притоа, освен Германија, која се наметна како успешна приказна, и го зеде приматот во Европа, наметнувајќи го Берлин (Брисел важи за неофицијално главен град на Унијата) како новиот центар од каде се кројат политиките важни за иднината на Европската Унија, останатите држави речиси како целосно да се свртеа кон себе, справувајќи се со домашните проблеми, оставајќи ги оние заедничките, на Унијата, запоставени. Дел од државите од вистински протагонисти на европскиот сон, станаа сосема маргинализирани играчи. Најочигледен таков пример е Франција, која никако да фати здив да се врати назад во игра, иако до само пред неколку години, дуото Франција –Германија важеше за главниот мотор во плетењето на европската приказна на стариот континент. Тука секако е и Велика Британија, многу важна членка на Унијата, врската на Европа со САД, која се посериозно размислува да го напушти европскиот брод, кој веќе некое време, за значителен број од нејзините граѓани, важи за брод што тоне. Но, ваквата атмосфера што долго време се карактеризира како „тапкање во место“, како да ја растресе, новиот инвестициски план на претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, кој минатата недела го престави пред Европскиот парламент, и кој доби силна поддршка од мнозинството пратеници, и покрај иницијативата од овој дом, да се гласа доверба на Јункер. Формулата која ја престави Јункер за справување и конечно надминување на кризата во Европа, ако ништо друго барем го сврте вниманието на земјите-

Што точно опфаќа планот на Јункер?

XX Создавање инвестициски фонд тежок 315 милијарди евра XX Земјите членки на ЕУ ќе дадат само 8 милијарди евра во фондот

XX Останатите 307 милијарди ќе се финансираат од јавни и приватни инвестиции XX Кратење на бирократијата XX Структурни реформи XX Бркање инвеститори во ЕУ, но и во Кина и на Блискиот исток

членки но и многу приватни компании, засегнати од политиките на ЕУ, кои долго време беа рамнодушни кон понудените решенија на Брисел.

За што точно станува збор?

Планот на Јункер е создавање на нов фонд, тежок 315 милијарди евра, кој со само 8 милијарди евра ќе се полни од пари на државите членки, а останатите 307 милијарди евра планирано е да се обезбедат од приватни и јавни инвестиции во текот на следните три години. Фондот ќе биде формиран во Европската инвестициона банка на ЕУ, и редовно ќе поднесува извештаи за работата пред Европскиот парламент. „Новиот план е внесување на свеж воздух во институциите на ЕУ“, рече Јункер за време на презентацијата пред

евро- пратениците. Со истиот, се проценува дека економскиот раст може да порасне за 1 процентен поен на годишно ниво за следните три години и да создаде милион работни места. Истовремено, планот има за цел да покаже дека Европската унија работи за своите граѓани во време кога многумина се разочарани од високата стапка на невработеност и години на економска слабост (ниското ниво на довербата на граѓаните на ЕУ во европските институции најдобро се види на годинешниве европски избори, кога голем број од гласачите гласаа за евроскептичните и радикалните партии во ЕУ). Дополнително, со оглед на тоа, како што рече Јункер дека ЕУ се наоѓа во


www.kapital.mk

Капитал број 788 05.12.2014

azbudi zaspanata „baba" EU

lijardi evra ekonomijata

Жан Клод Јункер претседател на ЕК

Ние немаме машина за печатање пари. Новиот план е внесување на „свеж воздух“ во институциите на ЕУ И покрај иницијативата за гласање на недоверба на првиот човек на Европската Комисија, Жан Клод Јункер, сепак неговиот нов инвестициски план за заживување на економијата, доби силна поддршка од огромното мнозинство на Парламентот. Дали овој амбициозен план, конечно ќе ја разбуди заспаната „баба“ (како што Папата Францис ја нарече Унијата само ден претходно за време на неговата официјална посета на ЕУ) останува да се види. Засега, евроентузијастите со возбуда го дочекаа планот, а критичарите, пак, воздржани, најавија внимателно следење на секој следен чекор на Јункер. Во секој случај, од планот, никој не остана рамнодушен

39


Капитал број 788 05.12.2014

40

www.kapital.mk

Свет бизнис и финансии

Вернер Хојер шефот на ЕИБ

ожете да напраМ вите обична ванила, со низок

ризик, но тоа не генерира голем бизнис. Ние мора да одиме на поголем ризик.

Геролф Анеманс

член на екстремно десната партија од Белгија

ва е фарса. Ова О е бескорисен план, тоа е хокус-покус и абракадабра.

Мајк Шедлок

аналитичар и советник во финансискиот сектор

ланот на П Јункер изгледа вака: 95% балон магија, 5% фондови.

„инвестициска замка“, со приватни инвеститори кои се двоумат да заложат средствата и покрај тоа што се ликвидни, инвестиции ќе се бараат и на Блискиот Исток и во Кина. Шефот на ЕИБ, Вернер Хојер новиот план на Јункер го оцени како одличен, иако рече дека некои од проектите можеби и нема да успееат. "Можете да направите обична ванила, со низок ризик, но тоа не генерира голем бизнис. Ние мора да одиме на поголем ризик", рече тој. За мултипликаторниот ефект од 15, кој се најде на најголеми критики, а според кој амбициозно се верува дека од 1 инвестирано евро, назад ќе се вратат 15 евра, Хојер рече дека и тоа како постои веројатност да успее, потсетувајќи на успехот на ЕИБ кој во 2012 година го зголеми капиталот на € 10 милијарди, а активира над 180 милијарди евра во инвестиции – што е мултипликатор ефект од 18. Потпретседателот на Комисијата

Јирки Катаинен, кој е задолжен за надгледување на спроведувањето и промовирањето на фондот во земјите-членки, призна дека планот "не е магичен куршум" и рече дека структурните реформи и намалувањето на бирократијата ќе биде од суштинско значење за инвестициската шема да функционира. Катаинен додаде дека проблемот не е толку многу во недостаток на капитал, туку недостаток од видливи и одржливи проекти во кои би можело да се инвестира. Поддршка за Јункер дадоа и социјалдемократите (опозиција на партијата на Јункер). Претседателот на Парламентот, Мартин Шулц рече дека планот на Јункер е „она што и треба на ЕУ“ и она што ќе ја забрза економијата на ЕУ. И лидерот на социјалистите Џани Питела, даде поддршка за планот. “Потребни се повеќе јавни пари, повеќе инвестиции, но и ова е добра почетна точка“. Во последната колумна за Еуобсервер и министерот за финансии на Словачка, Петар Казимир ја даде поддршката за инвестициската шема на Јункер. „Ние мора да ги мобилизира планините на неактивни заштеди кои не се инвестирани во реалната економија. Економската теорија, како и практично искуство покажува дека завршувањето на фискалната архитектура ќе бидат клучни за Еврозоната да напредува. Заедничка европска инвестициска програма е, според мое мислење, неизбежена тула во оваа конструкција“, пишува Казимир.

Какви се реакциите?

Иако мнозинството евро- пратеници дадоа поддршка на планот на Јункер, сепак имаше и такви кои попретпазливо ја разгледуваат шемата на новиот претседател на Европската Комисија. Меѓу нив се и доста економисти и компании, кои речиси и со потсмевање гледаат на инвестициската шема на Јункер. Меѓу европските партии кои не дадоа зелено светло за новиот план, се радикално-десната партија, левото крило и пратениците на Зелената партија, кои за планот рекоа дека е фантазија што обезбедува ризиците да бидат јавни, но добивките приватни.

"Тоа е фарса, тоа е рециклирање и повторно етикетирање. Тоа е бескорисен план, тоа е хокус-покус и абракадабра", рече Геролф Анеманс, член на екстремно десната партија од Белгија. Пратеникот од Зелената партија Филип Ламбертс, пак, рече дека проектот го потсетува премногу на "социјализација на загубите и приватизација на профитот", нешто што се случи кога банките ги искоцкаа фондовите па мораа да бидат спасени со парите на даночните обврзници. И експертите од приватниот сектор, креваат веѓи околу „магичниот“ предлог на Јункер. "Планот на Јункер изгледа вака - 95% балон магија, 5% фондови", вели Мајк Шедлок, советник во Ситка Пацивик, компанија за управување со средства. Сличен е ставот и на економистите на JP Morgan. Тие го опишаa планот како претеран, напумпан, додавајќи дека се сомневаат дека приватните инвеститори ќе можат да обезбедат 280 милијарди евра во фондот. Според нив во планот исто така отсуствува и процесот на идентификување на проекти, па некои од проектите според нив, постои опасност да бидат веќе застарени. Негодување околу планот на Јункер изрази и Лигата на европски истражувачки универзитети, според кои погрешно е дел од средствата од програмата Хоризонт 2020 да се трошат на планот на Јункер. "Треба да биде јасно за институциите на ЕУ и земјите-членки дека Хоризонт 2020 година не е лимон кој може да се исцеди во согласност со вкусот на денот. Парите пренасочени од Хоризонт 2020 теоретски можат да доведат до повеќе приватни истражувања и иновации, инвестиции и резултати. Меѓутоа во пракса сите ние знаеме дека тоа е малку веројатно да се случи, бидејќи парите ќе бидат пренасочени за проекти за брза победа кои може да ги задоволат интересите на политичарите и граѓаните на краток рок, но тоа нема да биде инвестиција во иднината на Европа ", пишуваат тие во соопштението. Одбраната на Јункер е дека ЕУ „нема машина за печатење пари" и дека засега ова е единствениот реален план за заживување на економијата.


ПОКАНА На 11 декември 2014 година (четврток) во просториите на НБРМ, на 8. кат, со почеток во 14 часот, ќе се одржи 15. сесија на Клубот на истражувачи, каде што ќе бидат презентирани следниве трудови: XX „Индекси за мерење на банкарската стабилност“, автор: Елена Мучева-Михајловска; и XX „Пост-кризно забавување на кредитната активност во ЈИЕ - Враќање во нормала“ (Post Crisis Credit Slow-Down in SEE-Return to Normality), автори: Бранимир Јовановиќ, Егзона Хани и Љупка Георгиевска.

Ве молиме да го потврдите Вашето присуство на 15. сесија на Клубот на истражувачи најдоцна до 9 декември 2014 година на тел. +389 2 3298110; и електронска пошта kontakt@kapital.com.mk. Напоменуваме дека зачленувањето во Клубот на истражувачи е од отворен карактер и подетаљни информации можете да видите на следнава врска: www.nbrm.mk/Клуб на истражувачи.

ПРВИОТ 1L ДЕСКТОП ВО ИТ ИНДУСТРИЈАТА

THINKCENTRE M73 TINY

во сите поголеми IT малопродажни ланци.

ЛАДЕН И ТИВОК Баланс на звукот и ладењето со Intelligent Cooling Engine ICE 3.0 СИГУРЕН Лесен за менаџирање и управување на десктопот со PC Cloud Manager 2 вграден во М73

ThinkCentre M73 Tiny Intel CoreTM i3-4130T 4GB DDR3 500GB HDD

21.800,00 ден.* *Во цената не е вклучен мониторот

INet ИНЕТ - АВТОРИЗИРАН ЛЕНОВО СЕРВИС

ЗАШТИТНИК НА ВАШИОТ DO УРЕД!

ЗА ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ:

A: Атинска 12 - Скопје T: 02/ 3090.625 E: sales@inet.com.mk W: www.inet.com.mk


Капитал број 788 05.12.2014

42

www.kapital.mk

колумна

Ростислав Палагусинец Ph.D. Раководител на Одделение за економиja Амбасада на Украина во Република Македониjа

Evrointegracijata za pogolem del od nejzinite poddr`uva~i, koi izlegoa na Majdan, be{e povrzana ne samo so nejzinata ekonomska strana i koristi, a pove}e so nejzinata politi~ka komponenta. Sekoj saka{e sloboda na zborot i izborot, uni{tuvawe na korupcijata, premin na demokratski osnovi na rakovodewe so dr`avata, vo prv red, nejzinata transparentnost i ot~etnost na edinstveniot izvor na vlasta – na narodot na Ukraina.

Одложена приме Спогодбата за ас

Н

еодамна, се наврши година дена откако како свесни граѓаните излегоа на улиците на главниот град на Украина за да го изразат своето несогласување со одлуката на Владата за одложување на неодредено време потпишувањето на Спогодбата за асоцијација со ЕУ. Ќе се обидеме да разбереме, што за ова сложено време е изменето и какви преференции може да очекува Украина. Евроинтеграцијата за поголем дел од нејзините поддржувачи, кои излегоа на Мајдан, беше поврзана не само со нејзината економска страна и користи, а повеќе со нејзината политичка компонента. Секој сакаше слобода на зборот и изборот, уништување на корупцијата, премин на демократски основи на раководење со државата, во прв ред, нејзината транспарентност и отчетност на единствениот извор на власта – на народот на Украина. Уште пред една година приближувањето со Европа не го доведе во прашање тоа дека треба да изнаоѓаме патишта за соработка со Русија. Сега ситуацијата толку

кардинално се измени, што Украина се обидува да се дистанцира од соработката со Русија колку што е тоа можно. Фактички ние на многу години, ако не и децении, се разделивме како политички, така и економски со нашиот северен сосед. Затоа се неразбирливи искажувањата во печатот и социјалните мрежи за предавањето на националните интереси во полза на Русија, кои беа реакција на одлуката на власта да го одложи датумот на стапување во сила на некои од одредбите на Спогодбата за асоцијација меѓу Украина и ЕУ, меѓу другото на нејзиниот економски дел. Наместо тоа, на 22 април 2014 година ЕУ, како гест на добра волја, реши еднострано да ги укине увозните царини за украинските производи и навистина веќе не е важно дали Спогодбата ќе стапи во сила утре, по година дена, или дури по три, бидејќи ние сме веќе како политички, така и економски врзани со Европската Унија. Овој факт елоквентно го докажува статистиката која го покажува ефектот од едностраното укинување на царините.


www.kapital.mk

Капитал број 788 05.12.2014

колумна

43

ената на социјација со ЕУ Практиката, очигледно сосема ја крши тезата за неподготвеноста на украинските производители на стоки за трговија со Европа. Така, само за првите четири месеци на делувањето на едностраната слободна трговија, немајќи долгорочни договори со европските партнери и не подготвувајќи се како што треба за новите можности, украинскиот бизнис успеа да го зголеми извозот во Европа скоро за 20% во долари. Имајќи го во предвид значителното зајакнување на девизниот курс, во гривни извозот во ЕУ се зголеми приближно за 40% во споредба со минатата година. Многу важна е уште една споредба – извозот во ЕУ до либерализацијата на царинскиот режим и по укинувањето на увозните давачки. Статистичките податоци покажуваат суштинска разлика. Во јануариаприл растот на извозот изнесуваше помалку од 10%. Така, двојното зголемување на обемот на извозот во ЕУ зборува за значајното позитивно влијание врз економијата на Украина на едностраните трговски преференции. Забележливо е дека динамиката на извозот во Русија (која де-факто ја прогласи Украина за непријател) за овој период не се измени, намалувајќи се во споредба со минатата година повеќе од една четвртина. Значителни негативни промени претрпе исто така Казахстан, до кого патот транзит поминува преку територијата на Руската Федерација. Во тоа исто време Белорусите, кои први се приклучија кон трговската војна, со време се вратија на обемите на извозот блиски до минатогодишните. Сепак, неправедно би било да се зборува дека позитивните промени во трговијата со ЕУ се случија исклучиво благодарејќи на укинувањето на царините. Истовремено, позитивното влијание врз трговијата имаше девалвацијата на гривната и неопходноста од изнаоѓање на нови пазари на продажба во замена за рускиот. Враќајќи се на Спогодбата за

асоцијација, треба да се истакне дека ноември се покажа за Украина како многу плоден на значајни настани од евроинтеграциски карактер. Така, на 1 ноември започна делумното спроведување на Спогодбата за асоцијација меѓу Украина и ЕУ, а веќе по 5 дена владата на Германија го одобри предлог-законот за ратификација на Спогодбата. До денес документот веќе го ратификуваа девет држави-членки на ЕУ: Бугарија, Естонија, Латвија, Литванија, Малта, Полска, Романија, Словачка, Унгариja, Шведска, а исто така Врховната Рада на Украина, Европскиот Парламент и Европската заедница за атомска енергија. Без оглед на постоечкиот ризик од одложување на стапувањето на сила на Спогодбата, бидејќи секоја земја на ЕУ има законско право да го блокира овој процес, ние го очекуваме завршувањето на процесот на ратификациjата на пролет 2015 година. За целосно стапување во сила на Спогодбата потребно е да ја ратификуваат сите 28 држави-членки на Европската Унија, а исто така и ЕУ и Евроатом, па затоа, примена на сите одредби на Спогодбата без исклучок ќе стане можно само по некое време. Токму со оглед на тоа Украина и ЕУ се договорија отпрво да го иницираат режимот на времена примена на Спогодбата од 1 ноември 2014 година, што дава можност да се почне со спроведување на многуте одредби на Спогодбата од страните уште до завршувањето на процедурата на ратификација. Патем, таквиот режим на применување на документот може да трае неограничено долго. Станува сосема разумно прашањето, што се подразбира под поимот "времена примена"? По резултатите од средбата на меѓудржавно ниво на претставниците на Украина, ЕУ и Русија од 12 септември 2014 година беше донесено решение до почетокот на 2016 година да се исклучи времената примена на тие одредби на Спогодбата, што создаваат длабока и сеопфатна Зона на слободна трговија. Сепак, некои

економски норми на Спогодбата не се најдоа во ограничувачкиот дел, исто така нивното спроведување отпочна веќе од 1 ноември. Наместо тоа, ЕУ го продолжи режимот на автономни трговски преференции за Украина – еднострано времено се намалија или воопшто се укинаа скоро 100% царинските тарифи на украинските стоки. Со оглед на тоа дека ЕУ не бара слични чекори од Украина, овој режим, несомнено одговара на нашите национални интереси. Исто така, треба да се напомене дека од ноември почна да се применува поголемиот дел од анексите кон Спогодбата, кои фактички ги пуштаат реформите на низа важни за Украина гранки на економијата и буџетската сфера. Така, од 1 ноември 2014 година почна имплементацијата на тие делови од Спогодбата, што се однесуваат на политичката, економската, а исто така и институционалната компонента на Спогодбата. Меѓу другото, во режим на времена примена вклучени се нормите во следните сфери: воспоставување соработка со ЕУ во сферата на спроведување на реформи и надворешната и безбедносната политика, реформа на судскиот систем и борбата со корупцијата и финансиските злоупотреби, визниот дијалог, енергетиката, оданочувањето и стандардите на корпоративното управување и сметководството, регулирање на финансиските услуги, надворешната средина, транспортот, аудиовизуелната област, земјоделството, заштитата на правата на потрошувачите, здравствената заштита и совијалната политика, а исто така обезбедувањето на учеството на јавноста во процесот на имплементацијата на Спогодбата. Обемот на работата, што треба да ја совлада Украина многу е значаен, а време за нејзино реализирање премалку. Па, како што покажува искуството, ништо не може да го попречи нашиот стремеж да бидеме дел од обединета Европа!


| Специјален прилог | business style |

Iskoristete ja pozit energija od pretsto praznici za podobri delovni rezultati v 44| 5 декември, 2014


itivnata ojnite i vo 2015!

Специјален прилог | business style |

Клучни поенти во организирање корпоративни настани, вклучително и новогодишните забави Избор на локација, музика и кетеринг. Имајте на ум сите овие елементи да бидат стилски усогласени. Да не направите избор на елегантен и класичен простор во кој ќе “рока“ диско музика. Изборот на атмосферата би требало да биде соодветен и на дејноста со која се занимавате! Листата на гости е клучна. Не смеете да ги заборавите вработените, клучните деловни партнери, но и да поканите нови луѓе, потенцијални соработници и нови пријатели на компанијата. Забавите и опуштената атмосфера се идеална прилика за склопување нови познанства и пријателства. Пребројте се дали од буџетот можете да одделите средства за подароци за гостите на Вашата новогодишна забава. Не мора тоа да бидат скапи подароци, туку мини пригодни пакетчиња со кои гостите ќе си заминат и изненадени и почестени.

Новогодишните забави се важен корпоративен настан на кој треба да дојде до израз вашиот корпоративен бренд, место каде на вашите вработени и бизнис партнери ќе им искажете благодарност што се дел од Вашиот бизнис успех, но и шанса да стекнете нови клиенти и бизнис зделки. Затоа сериозно пристапете кон организирање на празничните забави!

Д

али знаете на која новогодишна забава најубаво ќе си поминете? На онаа на која се ќе биде онака како што вие сте замислиле и на која ќе дојдат луѓето кои Вие ќе ги поканите. Која е таа забава? Се разбира тоа е Вашата забава, но единствено ако ги исполните основните услови- забавата навреме да ја организирате и испланирате во детали! Само потсетете се на минатогодишните “киксови“ кои си ветивте дека нема да ги повторите. Еден месец пред влегувањето во новата 2015 година е вистинско време активно да ги започнете подготовките. Да, вистина е дека буџетите за оваа намена се се помали и помали како резултат на кризата и општиот тренд на намалување на трошоците на компаниите, но

верувајте дека клучниот фактор дали за Вашата забава долго ќе се зборува не е висината на буџетот, туку креативноста која ќе ја инвестирате како најсилен адут во организирање на овој корпоративен настан. Она што прво треба да го направите, буквално уште утре е да одлучите каква забава сакате годинава. Дали класична, гламурозна, откачена журка, тематска забава или сосема неформален коктел. Од оваа одлука понатаму зависи изборот на локација, музиката, храната и пијалаците. Секогаш водете сметка овие елементи да бидат стилски усогласени. Ако изборот падне на елегантен и погламурозен настан тогаш и амбиентот треба да биде таков, музиката да биде класична, поканите до гостите елегантни со назнака за формален дрес

5 декември, 2014 |45


| Специјален прилог | business style |

Испратете честитки, никогаш не излегуваат од мода

Д

ури и во време на дигитална комуникација, испраќањето на покани и новогодишни честитки не е заборавен активност. Едно минатогодишно истражување во САД покажа дека 35% одговориле дека се уште на своите клиенти и партнери им испраќаат празнични честитки и подароци. Експертите советуваат дека испраќањето честитки е добар ПР потег. Тоа е знак дека компанијата одвоила време за Вас. Испишувањето на Вашето име или името на компанијата е одраз на почит кој што не може да се постигне со електронска порака, која само со еден клик може да се ибрише. Личниот контакт и емоцијата во ниеден случај нема да се постигне со која било форма на дигитална комуникација. Исто така, купувањето честитки кои завршуваат во хуманитарни цели кажуваат многу за вашата општествена одговорност поради што можете дополнително да “пораснете“ во очите на Вашите бизнис партнери.

код. Спротивно од тоа, ако се решите годинава да прославите во пооткачен фазон, тогаш може да одберете дискотека, со некој популарен ди-џеј на кој главно ќе се служат пијалаци. Имајте на ум дека новогодишните бизнис забави во најголем дел

46 | 5 декември, 2014

веќе се клише. За и Вашата забава да не се претвори во досаден настан на кој што едноставно мора да се појавите, експертите за ивент менаџмент препорачуваат неколку трикови. Еден од нив е токму изборот на локација, односно самата локација да биде изненадување

за гостите. Може во поканата да се наведе една локација, а при самото пристигнување гостите да бидат транспортирани на друга локација. Втор начин да бидете различен е да внесете егзотика на вкусови. Наместо вообичаениот, класичен кетеринг кој вклучува претежно локална храна, може да ангажирате некој познат готвач кој ќе понуди специјалитети од некоја егзотична кујна. Во игра можат да влезат и дегустации на вино или пиво. Така забавата сигурно нема да биде ни досадна, ни предвидлива. Листата на гости е клучна. Ако сакате Вашата забава да биде најдобрата во градот мора да ги поканите клучните деловни партнери и соработници, медиумите кои известувале за вашето работење, познати јавни личности, но нови луѓе, потенцијални соработници и нови пријатели на компанијата. Забавите и опуштената атмосфера се идеална прилика за склопување нови познанства и пријателства. Со оглед на тоа дека и самите добро знаете колку е тешко да се најде каков било купувач или клиент, а уште потешко тој да ги задржите една од шансите да постигнете поголем степен на лојалност

кај клиентите се токму претстојните празници. Затоа добро з клучните бизнис соработници да изберете некој подарок кој ќе ги воодушеви, кој ќе им покаже дека мислите на нив и дека ги сметате важни за успехот. Тоа не значи дека треба да потрошите и голем буџет за таа намена, туку да го направите вистинскиот избор. Пример, кај љубителите на вино никогаш нема да погрешите со избор на некое ново вино кое се појавило на пазарот. Во ситуации кога немате доволно средства за наменски избор на поклон или не станува збор за ВИП клиенти или деловни партнери, тогаш можат да поминат и стандардните: нотеси, планери, квалитетни пенкала, вратоврски или паричници. И покрај целиот ризик дека тоа нема да им се допаѓа на дел од колегите, сметајќи дека новогодишното украсување на канцелариите е патетика, тоа задолжително направете го. Научниците одамна докажаа дека работниот простор има огромно влијание на атмосферата и продуктивноста во колективот. Таков ефект несомнено се очекува и од новогодишниот амбиент во работниот простор. Како и да е, потрудете се во новата деловна година да влезете со многу оптимизам и љубов кон сопствената работа. Искористете ја новогодишната дружба со вработените да им ставите до знаење дека тие се важни за компанијата, дека ја цените лојалноста и посветеноста и дека заедно може многу повеќе да постигнете.



| Специјален прилог | business style |

Pravi linii, topli boi i meki materijali toa e modniot izbor za zima 2014!

А

ко со неколку зборови треба истовремено удобни и софистицирани. Кои се модните да се опише кои се главните Од боите доминираат топлите тонови и додатоци кои “задолжително” треба карактеристики на оваа модна зима есенски варијации како темно црвената, да ги имате во вашиот орман за овие тогаш тоа се – гломазни, разиграни чоколадно кафеавата, темно сината и зимски денови? во бои и со малку машка линија секогаш софистицирана камел боја… Бидејќи зимските денови се с$ поблиску, капути и наметки. Ефектот кој се добива е комфорт и топлина на ќебе. Најголем дел од модните куќи за оваа сезона промовираа палета од бледи бои, мек кашмир и волна и прави линии. разничните прослави се важни Применете препораки Од Фешн Груп во Скопје, кои се денови во годината и едни и од Банглеманиа застапници за повеќе брендови од ретките кога може да си трендот, кој значи во Македонија како што се дозволиме да носиме повеќе накит. шик искомбинирани Манго, Зара, Масимо Дути и Според креативниот директор на часовник со цврсти други велат дека за сезоната Сваровски, Натали Колин, за овие метални или посуптилни есен/зима 2014 особено вечери може да се примени правилото и кожни бразлетни. Се модерен е сомотот како “More is More” што значи максимално да тоа заедно на една или материјал, независно дали се се препуштете на имагинацијата... пак ако сте посмели, работи за засебни парчиња симетрично, на двете Трендот на комбинација на како палта, панталони или раце. хармонични интензивни бои и микс целосни костуми. Тој му дава од повеќе метали продолжува и Не ги изоставувајте ретро елемент на целосниот во 2015 година. Затоа слободно ни прстените кои можат изглед, но во комбинација со може да ги прекршите правилата да бидат носени на три добрите кроеви и струкирани и да искомбинирате топли златни последователни прсти, палта се добива многу модерен тонови со ледено сребрени еднододруго. финален производ. Исто така присутни се фланелот и Еден од начините на комбинирање на Доколку сте поголем љубител на обетки, кадифето, материјали кои се накитот е слоевито, свечена огрлица нека бидат тоа поголеми, или уште дополнета со долго ланче со впечатлив подобро, за да оставите впечаток одберете привезок. обетка која се носи на едно уво.

На што да обрнете внимание при изборот на накит за претстојните новогодишно-божиќни празници?

П

48| 5 декември, 2014


Специјален прилог | business style |

Неколку типс&трикс за вашиот моден имиџ

Доминираат топлите тонови и есенски варијации како темно црвена, чоколадно кафеава, темно сина и секогаш софистицирана камел боја а температурите с$ пониски важно е модните додатоци да имаат двојна улога – за му дадат единственост на изгледот, но да бидат и функционални и да понудат удобност. Тука пред се се

Оваа зима IN се капутите со строги линии и многу едноставни кроеви кои му даваат елегантна линија на изгледот кожните ракавици во различни бои и топлите шалови (особено оние со поголеми димензии) или подебели марами наменети за мажи се исто така моден тренд во последните неколку сезони.

Бидете секогаш соодветно облечени за приликата, почитувајте го дрес-кодот на домаќинот. Прилагодете ги модните трендови на сопствениот стил. Купувајте облека и обувки во кои се чувствувате добро од материјали кои се удобни за вас. Чувството на комоција и самоувереност е половина пат до добар изглед! Секогаш бидете доследни на својот стил без да се грижите дали тој им се допаѓа на останатите или не. Бидете храбри, нека вашата облека го отсликува вашето расположение и карактер. Земајќи предвид дека се наближуваат празниците и посвечениот изглед се комбинира со бизнис облекувањето, детали со кои може да се постигне овој ефект се елегантните манжетни, масната пеперутка како и неизбежното џебно марамче. Иако чевлите се сметаат за дел од гардеробата, најчесто ви вбројуваме во модни додатоци, па носењето на квалитетни, модерни, функционални и удобни чевли е предуслов еден маж да се чувствува самоуверено и задоволно.

УДОБНОСТ И КОМФОРТ во вашиот дом,

ЛУКСУЗ

во вашата канцаларија.

СОФА СТУДИО ул.42 бр.3 Радишани 1000 Скопје Р.Македонија – Производство ул. Дане Крапчев бр.29 1000 Скопје Р.Македонија – Продажен Салон тел: 00389 2 3212708; факс: 00389 2 6090066

5 декември, 2014 |49


| Специјален прилог | business style |

PRAZNUVAWE NA USPEHOT SO HUGO BOSS

И

зминувањето на една година и навлегувањето во ново поглавје од животот и работењето неизбежно ја наметнува потребата од анализа на постигнато, поминато, планираното и оствареното. Успешните проекти се поздравуваат и се учи од нив, а оние помалку успешните се искуство повеќе за во иднина. Празничните денови кои доаѓаат во текот на месец декември се добра можност за ваква рекапитулација, но и за опуштено дружење со пријателите и соработниците. Познатиот премиум моден бренд Hugo Boss за оваа сезона на празнување предлага неколку интересни комбинации со кои ќе можете да преминете од канцелариски во стајлинг соодветен за деловен коктел или пак компаниска забава. Многу често секојдневното носење на костум на работното место не дозволува истакнување на индивидуалноста, па затоа овој посвечен период е одлична можност да го збогатите вашиот изглед, притоа чувствувајќи се сигурно и удобно во она што го носите. За да го постигнете ова потребни ви се неколку основни парчиња и нивно успешно комбинирање; започнете од панталони кои ќе може да ги носите со повеќе различни модели и материјали на палта. Тука спаѓаат елегантните слим-фит палта или пак класичните бизнис палта со единечно закопчување. Тие се комбинираат и со кошули во разни бои – бела, сина, сива па дури и црна, или пак со додаток на трето парче – елек, како и соодветна класична или пеперутка вратоврска, а

50 | 5 декември, 2014

резултатот е изглед соодветен за настанот во прашање, кој во исто време му нуди и слобода и креативност на оној кој го носи. За свечените моменти, според насоките на Hugo Boss постои облека која секој маж треба да ја има во својот гардеробер – тоа е смокингот заедно со додатоците кои одат со него, копчињата за манжетни, појасот и соодветно џебно марамче. Особено популарни сезонава се и моделите изработени од кадифе со строг крој, одлични за коктел забави и доволно комотни за танцување во текот на целата ноќ. Софистицираниот изглед се финишира со класични, елегантни чевли. Освен за успешен изглед, со својата успешна приказна Hugo Boss може да даде препорака и за успешно работење во текот на 2014 година. Групацијата вработува 12, 496 лица во 110 земји и повеќе од 6,000 монобренд продавници, а на глобално ниво, заклучно со септември 2014 година, бележи пораст од 6% кој го продолжува позитивниот тренд од изминатите години. Повеќе фактори се должни за овој успех, а пред с$ добрата сегментација на четирите линии BOSS, BOSS Orange, BOSS Green и HUGO кои таргетираат јасно дефинирани групи и се грижат за задоволување на нивните потреби во однос на модно изразување, изработка,

материјали и цени. Секоја од линиите многу често се врзува со популарни лица од различни сфери на животот; така во портфолиото на Hugo Boss продефилирале Гвинет Палтроу, Рајан Рејнолдс, Жерард Батлер, синот на Клинт Иствуд – Скот Иствуд, познатиот голфер Мартин Кајмер и многу други, кои го доближуваат брендот до неговата целна публика, заедно со успешната стратегија за негова промоција преку социјалните мрежи, што додава и на современоста на работењето на групацијата. Соработката со автомобилската компанија Мерцедес Бенз неколку сезони беше перцепирана како партнерство помеѓу најдобрите. Кога се зборува за најдобрите неизбежно беше и ангажирањето на младиот и екстремно талентиран креатор Џејсон Ву во 2013 година, како одговорен за женскиот дел од колекциите. Hugo Boss не застанува тука – речиси и невозможно е да се набројат и сите проекти од областа на уметноста, музиката и дизaјнот со кои Hugo Boss ги поддржува, мотивира и наградува креативците низ целиот свет.



| Специјален прилог | business style |

Prazni^en „stres" ili zadovolstvo?

[to da im podarite na Vam va@nite lu\e od va[iot deloven krug?

З

а потполно влегување и препуштање на празничната атмосфера што следи, неопходно е исклучување од работата и со неа поврзаниот стрес, и фаќање приклучок со пропуштеното во приватно-семејните работи - во вашиот дом или на некое патување, со сите придружни елементи, од видот на уживање во добрата празнична храна, надоместувањето на пропуштеното од омилените серии ... Но, дури и на оние кои ќе можат да си дозволат да заборават на работата, ќе им остане барем еден извор на стрес поврзан со професионалниот живот, а тоа е (пред) празничното осмислување и набавка на подароците за деловните партнери. Дарувањето во светот на бизнисот одамна е веќе задолжителен, а не само пожелен дел од комуникацијата, и никој не смее да го потцени потребното внимание за да се направи добар избор на подароци за соработниците или клиентите, кои с$ тешко се пронаоѓаат (особено вторите), а уште потешко се задржуваат. На степенот на нивната лојалност, и тоа како можете да влијаете со вашиот пристап кон празничното дарување, а еве неколку совети во тој правец. Подарокот мора да е соодветен во секоја смисла - со цената, со квалитетот, со афинитетите на личноста која го добива. Релативно лесно ќе изберете подарок за бизнис партнерот со кој ве врзува долгогодишна соработка или сте се зближиле на некој друг начин. Предизвикот е да се најде соодветен подарок за личност која можеби не ја познавате доволно, а е високо на вашата листа со личности кои сакате да ги испочитувате и на ваков начин. Рецептот со кој не може да се згреши е при изборот на подароците вистински да се ужива, и да не се губи од вид карактерот, стилот или некои други карактеристики за ориентација во однос на личноста која сакате да ја дарувате. Како општа, стартна насока за купување подароци за вашите бизнис партнери препорачуваме да размислите, кога се работи за мажи, за деловна торба или чанта, луксузно издание на книга монографија, додатоци за електрониката што ја користат, кожен ремен, вратоврска, парфем, квалитетен пијалок, чоколадни деликатеси, пури или прибор за пушење, сезонски билети за спортски настани, годишна претплата на некој магазин ... За личностите од женски пол можете да изберете парфем, деловна чанта, квалитетна марама, добро вино, врвно кафе ... При конкретните примери за подароци што ги наведуваме, имаме предвид дека кога е во прашање купувањето, светот одамна и нам ни е „зад аголот“, со онлајн продавниците кои доставуваат и во Македонија.

52 | 5 декември, 2014

1. Часовник: На љубителите на брендот од Маранело, познат по луксузните спортски автомобили, сигурно ќе им се допадне Scuderia Ferrari „Gran Premio“. Станува збор за хронограф, со челично куќиште, кожно ременче и дисплеј од минерално стакло. Чини околу 350 долари. Со слични карактеристики е и Timex „Intelligent Quartz“, чија цена е околу 230 долари. Елегантен часовник дизајниран под инспирација на војничката стогост и практичност, од швајцарскиот производител на „мултитулс“. Victorinox Swiss Army, „Alliance“. Цена: околу 450 долари.

2. Претплата на

бизнис магазин:

„Fast Company“ - претплатата за една година (10 броеви) чини 12 долари, месечникот „Entrepreneur“ може да се следи цела година за 11.97 долари, тринеделникот „Fortune“ најпознат по рангирањето Fortune 500, за 19.99 долари, а месечникот „Money“ за 14.95 долари.

3. Маска за таблет: Ballistic Tough Jacket - ако сакате сериозна заштита за вашиот iPad. 43.99 долари Belkin LapStand Cover - конфор поради кој не е направен компромис со безбедноста. 25 долари Belkin Qode Ultimate Keyboard Case - извонредна заштита, елегантен дизајн и конфорна тастатура - с$ во едно. 77.31 долари

Griffin Cinema Seat - може да се намести околу одморачите за глава на предните седишта, за во вашиот автомобил да добиете систем за забава. 20 долари Слушалки „за во уво“ (in-ear headphones): Shure SE112 - одличен звук со длабок бас. 50 долари AKG K376 - со микрофон и далечинско. 100 долари Bose IE2 - со систем против потење во увото. 100 долари

4. Монографија: William Blake. The drawings for Dante's Divine Comedy (Taschen) - 102 илустрации на англискиот поет и сликар, Вилијам Блејк, за Божествената комедија на Данте Алигиери. 100 долари Beyond the Wall: Art and artifacts from the GDR (Taschen) - за 40-те години Студена војна што ги раздвојуваа Источна и Западна Германија. Источногерманската колекција на Wende музејот во Лос Ангелес. 100 долари Understanding the World. The Atlas of Infographics (Taschen)- важна за разбирање на состојбата на светот денес - обид за декодирање на енигматичните информации и статистики. 47 долари.



Капитал број 788 05.12.2014

54

www.kapital.mk

на руЧек со...

Ана Кондратенко концерт мајстор на македонската филхармонија

Muzikata mo@e da ja podobrime preku naso^eno obrazovan stabilno finansir


www.kapital.mk

Капитал број 788 05.12.2014

на руЧек со... Нашето мени Од богатото мени на Арабеска одбравме данска салата и фурнаринки

u nie i rawe

55

Првата виолина на македонската филхармонија е натурализирана Македонка која потекнува од централна Русија или поточно Новосибирск најстудениот град со најдобри виолинисти. Слободно може да кажеме дека уживавме во ретроспективата на Кондратенко на нејзиниот интересен животен пат кој преку образованието во Германија ќе ја доведе во Македонија. Но исто така уживавме и сакаме да ги пренесеме сите интересни предлози и сугестии кои ги даде Ана Кондратенко за подобрување на состојбите во Македонската музика и уметност. разговарал и фотографија:

Дејан Азески

dejan.azeski@kapital.mk

Р

усија земјата на Чајковски, Римски Корсаков, Мусугорски на Толстој, Лермонтов и Пушкин како вечен и непресушен расадник на врвни уметнички кадри пред точно 12 години на Македонија и ја поклона виолинистката Ана Кондратенко. Истата онаа Ана која веќе со години е прва виолина или концерт мајстор на македонската филхармонија. Филхармонијата која случајно или не после доаѓање на Кондратенко конечно успеа да го надмине сивилото на несреќните деведесетти и повторно да се врати на местото кое го заслужува, а тоа е самиот врв на македонската уметност. Однапред може да се каже дека покрај со врвен уметник имавме чест да разговараме со извонредна личност со широки погледи и уште поправилни сфаќања на светот околу нас. Во продолжение интегрално ви го пренесуваме сето она со што Кондратенко успеа да не просветли во час и половина долгиот разговор.

Тешкотиите ги мотивираат русите да се уште подобри

Веќе многу познатата Ана Кондратенко е родена како Ана Базанова во централно сибирскиот град Новосибирск. Самата се сеќава дека во близина на нејзината родна ќуќа се наоѓа мала црква која е поставена на прецизната точка која го преполовува растојанието помеѓу Москва и Владивосток или попрецизно кажано точка која го претставува самото срце на големата руска земја. Ана е родена во традиционално научно семејство, нејзиниот татко е физичар, а мајката физиолог затоа навистина изненадувачки ќе дојде нејзиното ангажирање во музиката. „Се сеќавам дека постариот брат беше првиот кој почна да се занимава со виолина. Една прекрасна навика која од сосема трети причини мораше да ја остави. Неговиот искусен ментор тогаш дојде кај нас дома и побара да ме чуе мене како свирам. Објасни дека ако имам барем дел од генетските предиспозиции на мојот брат од мене ќе биде голем виолинист. Јас тогаш немав ни полни

шест години. Од тој момент животот ми се промени и целосно се посветив на музиката и мојот сакан инструмент“ Конкретно градот Новосибирск е голема виолинистичка школа од каде само во последните две децении се излезени неколку познати виолинисти како Вадим Репин и Максим Венгеров. Без разлика дали звучи убаво реално беше да ја прашаме Ана како е можно во еден од најстудените и најизолираните светски градови постојано да се репродуцираат такви кадри и добивме навистина интересен одговор. „Во Русија како земја од секогаш било тешко да се живее. Покрај суровата клима нашиот народ поминал и преку стотици војни. Значи постојано бил соочен со оскудици на храна и други основни потребштини. Затоа за да успееш во Русија во било што од секогаш требало да вложиш многу многу труд. Луѓето едноставно се навикнале на тоа и денес во ниедна област не работат површно. Без разлика дали е тоа физиката областа на мојот татко или уметноста каде што јас се развивам ни сме решени да го дадеме својот максимум“ Со оглед дека е родена на почетокот на осумдесеттите Кондратенко се сеќава дека растела во несреќното и до некаде срамното и ретроградно време на Перестројката за која има најлоши сеќавања и уште полошо мислење. Сепак на нашето прашање вели дека тоа не и попречило да напредува во кариерата „Емпириски е докажано дека во цела долга историја на Русија најдобрите уметници и најдобрите уметнички дела излегувале токму во најлошите и најтешки години. Анализирајте само кога се пишувале големите класични романи и ќе сфатите дека тоа се правело во време на најголемите војни и најголемата глад ширум земјата. Тоа што можеби други депримира нас русите не инспирира и мотивира да не се предаваме.“

Топлината на Македонија целосно ме обзеде

Потребата од дополнително надградување на веќе очигледните музички квалитети ја носат Ана во самото срце овој пат на западната цивилизација односно во западно германскиот град Келн, некогашна престолнина на големата средновековна


Капитал број 788 05.12.2014

56

www.kapital.mk

на руЧек со...

Желба на моите родители е барем една од двете внуки да се посвети на науката

Животот во Германија ми беше сив и ладен, а во Македонија е сончев и топол

Инвестирањето во гудачки инструменти е најцврста валута

Свекрвата Блага Петреска има големи заслуги за мене и за нашето семејство

М

ногумина мислат дека презимето Кондратенко на Ана и е моминско или донесено од Русија. Оние пак кои знаат нешто повеќе за нејзе ќе ви кажат дека тоа е украинско семејно презиме на Белогардејска фамилија која бегајќи од октомвриската револуција се населила во Македонија, интересен факт кој и самата Ана на почетокот не го знаеле. „Со Олег се запознавме навистина случајно додека свиревме на т.н. студентски тезги во Келн. Кога почнав да му зборувам руски тој ми врати на англиски. Уште поинтересно беше кога ми кажа дека потекнува од Македонија земја за која јас навистина не ни знаев дека постои. Неговите украински корени дополнително не зближија. И ете јас се најдов со човек за кој имав погрешна претстава од каде е и во земја за која немав

германска империја. Таму таа ја добива можноста да се развие под менторство на врвни светски музичари како Виктор Третјаков и Захар Брон но и да ја запознае својата втора половина или нејзиниот долгогодишен партнер Олег Кондратенко. Ана е благодарна на се што Келн направил за нејзе но вели дека на запад дефинитивно не би живеела. „Иако доаѓам од град каде температурата знае да биде и -50 целзиусови степени, мене во Келн на +15 ми беше поладно. Таму самата атмосфера е ладна и сива. Луѓето не се лоши но не се ни топли, едноставно имаат некој сопствен начин на живот и однесување кој е туѓ за ене. За нас Словените навистина е тешко да се поврзеш со една друга цивилизација со многу поинакви навики. Од Келн имам многу придобивки и убави работи но таму дефинитивно не би сакала да го поминам животниот век“ Веројатно сите овие констатации и ја прават многу полесна одлуката за понудата на Олег да се пресели во Македонија. „Олег дури беше изненаден колку

слушнато“ Веројатно повторување ќе е да кажеме колку Ана е задоволна и среќна од Македонија но мора да ја пренесеме нејзината восхитеност и благодарност кон нејзината позната свекрва, фолк дивата Блага Петреска. „Без помошта на Блага јас немаше ниту да го дооформам образованието ниту да стигнам до филхармонијата. Значи сето она време кое јас морав да го одземам од семејството и децата и да го посветам на кариерата таа несебично го пополнуваше. Дури купи стан веднаш до нашиот, за да може 24 часа да ни е достапна, а истовремено да не ја чувствуваме дека е тука за случајно да не помислиме дека се наметнува. Такви луѓе се навистина реткост и јас сум среќна што имам таква свекрва“

лесно јас се согласив на преселба во Македонија. И одлуката навистина не ми беше тешка иако многу ја сакам Русија и моето семејство од самиот почеток знаев дека Олег е тој вистинскиот и дека треба да ги следам моите инстикти. Од тогаш наваму како што напредуваме заеднички и на професионален и на приватен план сум се позадоволна од таа моја одлука. Посебно значајно ми беше кога видов дека Македонија е земја многу слична на Русија и дека македонскиот народ по менталитет и по потекло е многу близок на мојот народ. Затоа во Македонија се чувствувам се поубаво и се поприфатана“

Потребни се повеќе фактори за да се извади добар музичар

Ана Кондратенко по игра на случајност имала ексклузивна можност да го окуси музичкото образование во три различни земји системи па можеби и цивилизации. Токму овој факт не предизвика да ја искористиме можноста и да ја прашаме Ана за совет како врз база на странското искуство да ја подобрите состојбата со уметноста во Македонија. Кондратенко ни даде навистина интересни предлози.

„Насоченото образование е предуслов и потреба за развој на добри музичари кое за жал во Македонија не е применето. Јас лично поминав низ тој процес и знам колку е значајно кога уште од основно те ослободуваат од сите непотребни предмети и ти дозволуваат да се посветиш на тоа што го правиш најдобро. Во Македонија за жал го гледам обратното. Децата кои доаѓаат кај мене на часови се преморени и не се во можност да ја извежбаат ниту домашната задача бидејќи го трошеле времето на учење биологија и хемија кои очигледно на еден виолинист нема да му се многу потребни“ Нормално во продолжение на ова моравме да ја начнеме и вечно болната тема за музиката и уметноста насекаде во светот, а тоа е секако нејзиното финансирање. Овој пат Кондратенко ни даде западно европски пример и модел како тоа да се разреши. „Инвестирањето во инструменти не мора да се сфаќа како донација, а ние уметниците како категорија која бара милостина. Значи во развиените земји купувањето инструменти се


www.kapital.mk

Капитал број 788 05.12.2014

на руЧек со...

57

Концерт со софиската филхармонија

Со сопругот Олег Кондратенко

На летен камп во Мичиген САД смета за посигурна валута од девизите и златото. Просекот на пораст на вредноста на гудачките инструменти е 15% на годишно ниво. Затоа на запад банките, инвестициските друштва и општо компаниите купуваат инструменти кои подоцна им ги даваат на користење на врвните уметници. На таков начин имаат и добра реклама и сигурна инвестиција“ Кондратенко во продолжение ги поздравува и сите последни вложувања кои се прават во македонската филхармонија бидејќи ги смета за пресудни за понатамошниот развој на истата. „Без разлика што имаме навистина добри музичари и голем ентузијазам кој веќе се покажува и на сцена без добри инструменти и без добра концертна хала нашите можности за развој се лимитирани. Од искуство тврдам дека и најдобриот светски виолинист со месеци и години да вежба на неквалитетен инструмент не може да извади ништо подобар звук“

Концерт во Осака -Јапонија на девет годишна возраст

Ева Богоевска има голема иднина пред себе

А

на Кондратенко во Македонија не само што ја разви сопствената кариера туку несебично се вложи и во пренесување на своето големо знаење преку репродукција на млади кадри. Прв бисер од ваквата повеќегодишна работа е секако младата виолинистка Ева Богоевска. Иако има само 14 години, Ева досега има настапено на големи сцени во Словачка, Малезија и Виетнам . Во 2012-та Ева Богоевска беше првиот македонски претставник на Сан Ремо-Јуниор каде го освои првото место. Пред две недели на реномираниот меѓународен фестивал „Сребрен камертон“ во Санкт Петерсбург,Ева се закити со наградата Лауреат прв степен и повторно и донесе победа на Македонија. „Уште од самиот почеток заедничка идеја со Олег ни беше да градиме кадри од најмали нозе. Значи прво јас да работам со нив, а потоа тој да ги преземе професионално како ментор. Ева е прв попознат плод од таквата наша работа. Треба да се знае дека покрај нејзиниот извонреден талент беа потребни да се вклопат многу други предуслови и од нас како ментори и од нејзе лично и од семејството за да почнат да се постигнуваат такви резултати. Ева пред себе има огромна иднина но сите мора да бидеме стрпливи и да не и вршиме преголем притисок кој секогаш се покажува како контрапродуктивен“


58

Капитал број 788 05.12.2014

светот на виното ЛОЗАРСТВО

Najvisokoto lozje na svetot На северот на Аргентина на падините на Андите се наоѓа највисокото лозје на светот. На преку 3000 метри се простира лозјето на еден швајцарски бизнисмен кој имал храброст да влезе во ваков експеримент

n

екој рекол дека за лозарството и винарството нема граници. Тоа сега се потврдува и со лозовите насади во Алтура Максима кои се наоѓаат на преку три илјади метри надморска височина на северот на Аргентина инаку позната по своите лозја на големи височини. Ова не се сосема нови насади, постојат десеттина години и највисоките се наоѓаат на 3111 метри. За овие насади требало да се преземат и соодветни мерки, затоа што тука смрзнувањето е постојана опасност. Исто така било неопходно да се обезбеди вода поради тоа што се работи за сосема суво подрачје. Сега опасноста од замрзнување се контролира со систем за прскање преку системите капка по капка. Но, не е само мразот закана, градот во ова поднебје е исто така голема закана за лозјата. На оваа височина се е поинаку. Созревањето на грозјето, развојот на вегетацијата, степенот и концентрацијата на киселини се сосема особени. Појдовната идеја била да се искористи надморската височина за да се обезбедат посвежи ароми. Освен тоа и купувачите од ова вино очекуваат нешто посебно. “Виновникот” за овој зафат е Донелд Хес, Швајцарец, бизнисмен кој се

впуштил во авантурата да го создаде нависокото лозје на светот. Инаку тој е познат по тоа што направил богатство со минерална вода, со вино и современа уметност! Аргентина била новата лозарска авантура и експеримент. Тој поседува неколку десетици илјади хектари земја од кои 350 се под лозја. Неговите насади се протегаат на височини од 1700 до 3111 метри. Лозјата се оддалечени едни од други и треба неколку часови да се стигне од едно до друго лозје и тоа по земјени патишта, а родот се носи во визбата “Коломе”. Традицијата на правење вино во овие краишта е долга. Визбата “Коломе” постои од 1831 година. Со доаѓањето на швајцарскиот бизнисмен целиот регион се променил радикално. Селото Коломе доживува ренесанса. Најголемиот дел од насадите под Андите се од сортата “малбек” која стана знак за препознавање на извонредните аргентински вина. Но, се одгледуваат и “каберне совињон”, “пети вердо” и “сира” како и други автохтони сорти. Грозјето тука е посебно, за да се заштитат од силните сончеви зраци зрната формираат подебела лушпа. Најголемата улога ја игра големата разлика во температурите што овозможува извонредна концентрација на аромите. Ветровите од југот кои се присутни перманентно, се исто

Новото “божоле” патува на исток

Шест карго авиони од типот Боинг 747 полни со вино на 20 ноември заминаа за Хонг Конг. Тоа е почетната пратка на новото вино од француската област Божоле која треба да ја задоволи нагласената мода на Кинезите кон ова популарно вино. Со овие најголеми карго авиони пренесени се околу 2 милиони литри од младото “божоле” од годинешнава берба. Потоа, тие ќе бидат дистрибуирани кон повеќe дестинации од далечниот исток. Оваа година се внимавало виното да стигне на истиот ден кога во Франција се одбележува манифестацијата на новото “божоле”. Популарноста на “божолето” е особено голема во Јапонија. Минатата година Јапонците купиле скоро осум милиони шишиња од ова вино. Во САД се извезуваат скоро два милиони шишиња. Новото вино од Божоле се појавува на пазарот во третиот четврток од ноември. Манифестацијата на новото вино од Божоле започната е во 1951 година и со тек на времето се претвори во светски настан.

Тенденцијата на подигање лозови насади на поголема надморска височина станува се поинтересна. Винарницата ТИКВЕШ во месноста Барово има насади на надморска височина од околу 600 метри од каде произлегуваат извонредни вина. така решавачки за квалитетот и посебноста на вината од Андите. Тука придонесуваат и водите од планината кои се богати со седименти. Инаку овде практично не се преземаат никави мерки за заштита на лозјата. Прскањето е непознато. Производството од овие највисоки лозја минатата година достигнало 600.000 шишиња. Трендот за нови насади продолжува.

Мартиново во ТИКВЕШ

Традицијата на новото вино се негува и кај нас. Винарницата ТИКВЕШ пет години по ред ја организира манифестацијата Мартиново, на која се вкусуваа млади вина од годинешната берба. Во двата дена на овој вински празник во винарницата ТИКВЕШ, повеќе стотици гости ги дегустираа младите вина од годинешнава реколта, во комбинација со различни вкусови на добра храна.




Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.