793 kapital magazin

Page 1

cover story

Kako ]e se dvi@at cenite na surovinite na svetskite berzi vo 2015?

lu\e i kompanii Makedonski firmi zainteresirani za privatizacijata vo Srbija

politika Izgubenite sporovi vo Strazbur ja ^inat Makedonija 2 milioni evra!

број 793 цена 100 ден. | 09 јануари, 2015, петок | година 16

www.kapital.mk

МАГАЗИН ЗА БИЗНИС И ПОЛИТИКА

INTERVIEW

Nikola Poposki Sporot za imeto ne e tehni^ko pra[awe za da go re[ava tehni^ka Vlada министер за надворешни работи




4

Капитал број 793 09.01.2015

содржина 06 cover story

Капитал анализира Како ќе се движат цените на суровините на светските берзи во 2015? Ќе увезуваме поскапа храна, ќе извезуваме поевтини метали

12 луѓе и компании

Македонски фирми заинтересирани за приватизацијата во Србија Само осум бизнисмени фрлиле око на компании од север

16 интервју

www.kapital.mk

Издвојуваме 22 медиуми

Зошто компаниите треба да ги користат социјалните мрежи? Македонците повеќе ги сакаат брендовите кои се присутни на социјалните мрежи

24 политика

Државата ги плаќа неразумните рокови во судството Изгубените спорови во Стразбур ја чинат Македонија 2 милиони евра!

Никола Попоски

Суровини во 2015

Цените на какаото, шеќерот, кафето се проценува дека ќе збеснат годинава на светските берзи и поради тоа македонските компании што увезуваат суровини за производство на храна ќе се најдат под притисок да ги зголемат продажните цени. Менаџерите засега калкулираат и се уште се воздржуваат од промени на малопродажните цени. Но, најпогодени од берзанските движења на цените на суровините несомнено ќе бидат компаниите од рударската и металската индустрија, бидејќи сите меѓународни финансиски институции прогнозираат дека бакарот, оловото, цинкот годинава ќе се продаваат поевтино. XX Стр. 6

министер за надворешни работи

Спорот за името не е техничко прашање за да го решава техничка Влада

20 Company Profile

“Везе Шари“ производител на јајца и сувомеснати производи Тајната е во долгорочното планирање

06

Приватизација

Производство на вода и сокови, метална индустрија, огноотпорни материјали, транспорт, гуми, заштитни средства и експлозиви се бизнисите во Србија во чија што приватизација би влегле осум македонски фирми и едно физичко лице. Толку се имаат пријавено со писмо за интерес до српската Агенција за приватизација која огласи продажба на 502 државни фирми. XX Стр. 12

27 политика

Оружјето и агресијата стануваат се погласни За лекување на нацијата ќе треба политичка волја и време

30 Свет бизнис и политика Анализа на Капитал и Бизнис Плус Каде да се отвори фирма во регионот и зошто?

34 Свет бизнис и политика Паѓање на руските олигарси

36 CEO Profile

Олоф Персон Volvo Group

Враќање на стариот сјај

Оружје

Најавите дека Владата проблемот кон кој за да се сврти вниманието требаше за две недели да се случат тројните убиства во Кавадарци и во Злетово, ќе го решава со менување на законите и на процедурите, покажуваат дека засега се мисли на лекување на симптомите. Но, бидејќи менувањето на општествените околности што го потенцираат ризикот од зголемување на бројот на психопатски структурирани личности бара време, оваа мерка, секако, мора да се преземе, за оружјето барем да стане што понедостапно. XX Стр.27

40 свет

Уругвај - успешна демократија со сиромашен претседател!

Колку загубија руските олигарси

Руските милијардери годинава загубија неверојатни 50 милијарди долари. Влијанието на западните санкции и падот на цената на нафтата ги покоси сметките на најбогатите Руси. Еве колку пари тие загубија годинава. XX Стр. 34

44 на ручек со...

Владо Јовановски актер

Даскал кој не престанува да учи од детето во себе

48 hi-tech & business

Првиот голем предизвик за наследникот на Стив Џобс: Ќе го покаже ли Apple Watch времето на геџетите "за носење"?

27

Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул.Партизански одреди бр. 17-1/16 l П. ФАХ 503, 1000 Скопје l Основач и директор: Љупчо Зиков l Одговорен уредник: Биљана Здравковска Стојчевска Печати: Графички центар Скопје, ул. Скупи бб, 1000 Скопје l Тираж: 3.000 примероци l Датум на печатење: 08.01.2015



Капитал број 793 09.01.2015

6

www.kapital.mk

cover story

злато -7,6%

1.169 долари/унца

сребро -10,5%

Бакар -3,1%

17

6.625 долари/тон

долари/унца

алуминиум

8,5%

Капитал анализира

2.063 долари/тон

Kako ]e se dvi@at cenite na surovinit

]e uvezuvame pos ]e izvezuvame p пишува:

Александар Јанев

М

aleksandar.janev@kapital.mk

акедонските компании што увезуваат суровини за производство на храна најверојатно ќе мора да ги зголемат продажните цени бидејќи меѓународните

финансиски институции предвидуваат дека какаото, шеќерот, кафето, пченицата, годинава ќе поскапат. Дури и нафтата чија што вредност на крајот на 2014 година падна на нивото од 60 долари за барел се очекува дека годинава повторно ќе се вивне на старите патеки. Од друга страна пак, извозниците од рударската и металската индустрија ќе се соочат со проблеми бидејќи прогнозите се дека цените на

металите како што е бакарот, оловото, цинкот, ќе паѓаат. Сумирајќи ги прогнозите за 2015 година, Bloomberg вели дека тоа ќе биде игра со две полувремиња. “Пазарите на метали ќе бидат непредвидливи во 2015 година, заради неизвесниот раст на економиите во развој и зголемените залихи на метали кај инвеститорите. Растот на доларот исто така ќе создаде проблеми за повеќето учесници на


www.kapital.mk

Капитал број 793 09.01.2015

cover story

7

Железо -30,0%

68 долари/тон

никел 12,6%

19.125 долари/тон

олово 1,8%

цинк 5,5%

2.150 2.280 долари/тон долари/тон

te na svetskite berzi vo 2015?

oskapa hrana, poevtini metali пазарот на метали. Ќе продолжат проблемите на страната на понудата, но останува неизвесноста и на страната на побарувачката. Во првата половина од годината се очекуваат пониски цени и поголема нестабилност, додека во вторите шест месеци треба да има закрепнување поттикнато од стабилизирањето на растот на светските економии“. Deutsche bank во своите најнови проценки за движењето на цените на

суровините прогнозира дека цената на бакарот годинава дополнително ќе се намали за повеќе од 3% и ќе падне на ниво од околу 6.600 долари за метрички тон. Иако аналитичарите предвидуваат негативните трендови на берзите особено да се одразат врз вредноста на бакарот, од рудникот „Бучим“, каде годишно се произведуваат 38.000 тони бакарен концентрат, коментираат дека цената се уште е прифатлива и гарантира

профитабилно работење. „Ова ниво на цената на бакарот ако се анализира во светски рамки не е ниско, меѓутоа за нас е проблематично ако се знае дека во Бучим се ископува најсиромашна руда со бакар во светот. Намалувањето на цената на бакарот годинава значително ќе се одрази негативно на нашето работење, но сепак се уште зборуваме за прифатлива цена која овозможува да работиме профитабилно. Во случај


Капитал број 793 09.01.2015

8

www.kapital.mk

cover story Сашо Наумоски

Николајчо Николов

С

О

генерален директор на Витаминка

поред сегашните планови, ние ги задржавме цените на производите за 2015 година на исто ниво, меѓутоа во зависност од тоа колку ќе поскапат какаото и шеќерот на светските берзи, ќе одлучуваме дали ќе мора и ние да ги коригираме цените. Ако дојде до поскапување на суровините над 10%, неминовно ќе поскапат и нашите производи. Цената на нафтата не очекувам дека ќе продолжи да паѓа, туку напротив, сметам дека многу брзо ќе се врати на претходните нивоа.

заменик генерален директор на Бучим

ва ниво на цената на бакарот ако се анализира во светски рамки не е ниско, меѓутоа за нас е проблематично ако се знае дека во Бучим се ископува најсиромашна руда со бакар во светот. Намалувањето на цената на бакарот следната година значително ќе се одрази негативно на нашето работење, но сепак се уште зборуваме за прифатлива цена која овозможува да работиме профитабилно. Во случај цената на бакарот да падне под 5.500 долари за метрички тон, тогаш тоа би имало катастрофални последици за Бучим.

пченица -4,5%

214 долари/тон

нафта 21,4%

шеќер 6,3%

85 долари/барел цената на бакарот да падне под 5.500 долари за метрички тон, тогаш тоа би имало катастрофални последици за Бучим“, вели Николајчо Николов, генерален директор на Бучим. Планот на Бучим за оваа година се движи во рамките на производството од лани, а тоа е ископ на 18 милиони тони руда. Подолгорочните прогнози на Светската банка за берзанските движења на цената бакарот покажуваат дека и во следните десет години, таа нема да надмине 6.800 долари за тон. Цените на оловото и цинкот, според Deutsche bank, се очекува годинава благо да пораснат, за 1,75% и 5,5% соодветно. Директорот за инвестиции во Рудникот за олово и цинк Саса, Максим Прохоров, пак вели дека

374 долари/тон поголема е веројатноста цените на овие метали да паднат отколку да се зголемат. „Иако се проценува дека цените на олово и цинк во 2015 ќе се зголемат, лично не сум убеден во тие прогнози. Поголема е веројатноста цените да се намалат. Но без оглед на тоа, трошоците на производство несомнено ќе растат, особено поради тоа што условите за ископување се комплицираат бидејќи навлегуваме во многу длабоки хоризонти. Негативно врз цената може да влијае и зголемената понуда на пазарот бидејќи во последните години се појавија голем број рудници на олово и цинк во Југоисточна Европа, а побарувачката е иста. Во такви услови и притисок на пазарот многу

веројатно е да дојде до намалување на цените. Ние генерално сме обезбедени со нарачки за годинава, но не сме оптимисти дека ќе биде нешто подобра од лани“, вели Прохоров. ANZ за 2015 година прогнозира цена на железната руда од 80 долари за тон, JPMorgan 67 долари, а Citigroup има најниска прогноза од 60 долари за тон, вели анализата на Bloomberg. Железото речиси двојно поевтини во 2014 затоа што најголемите светски рудници го зголемија производството, притискајќи голем број на помали компании до работ на рентабилноста. Последните денови од декември, цената на железото, клучниот елемент во производството на челик падна на 66 долари за тон во Кина, најниско ниво од јуни 2009 година.


www.kapital.mk

Капитал број 793 09.01.2015

cover story

9

Максим Прохоров

директорот за инвестиции во Саса

И

ако се проценува дека цените на олово и цинк во 2015 ќе се зголемат, лично не сум убеден во тие прогнози. Поголема е веројатноста цените да се намалат. Но без оглед на тоа, трошоците на производство несомнено ќе растат, особено поради тоа што условите за ископување се комплицираат бидејќи навлегуваме во многу длабоки хоризонти. Негативно врз цената може да влијае и зголемената понуда на пазарот бидејќи во последните години се појавија голем број рудници на олово и цинк во Југоисточна Европа, а побарувачката е иста. Во такви услови и притисок на пазарот многу веројатно е да дојде до намалување на цените. Ние генерално сме обезбедени со нарачки за годинава, но не сме оптимисти дека ќе биде нешто подобра од лани.

какао 6,5%

кафе 1,2%

3.200 долари/тон

1.975 долари/тон

Кина купува две третини од светското производство на железна руда што се извезува, но за 2015 се прогнозира намалување на побарувачката заради забавувањето на градежните активности. Цените на јагленот, исто така се очекува да одат пониско во 2015

година, погодувајќи ја светската индустрија на производство на овој енергенс, која што мораше да затвора рудници и отпушта вработени. И покрај тоа што цените беа “релативно стабилни“ во последно време, цените на високо-квалитетниот металуршки јаглен што се користи во

Цените на какаото, шеќерот, кафето се проценува дека ќе збеснат годинава на светските берзи и поради тоа македонските компании што увезуваат суровини за производство на храна ќе се најдат под притисок да ги зголемат продажните цени. Дури и нафтата чија што вредност на крајот на 2014 година падна на нивото од 60 долари за барел се очекува дека годинава повторно ќе се вивне на старите патеки. Менаџерите засега калкулираат и се уште се воздржуваат од промени на малопродажните цени. Но, најпогодени од берзанските движења на цените на суровините несомнено ќе бидат компаниите од рударската и металската индустрија, бидејќи сите меѓународни финансиски институции прогнозираат дека бакарот, оловото, цинкот годинава ќе се продаваат поевтино.


Капитал број 793 09.01.2015

cover story „Според сегашните планови, ние ги задржавме цените на производите за 2015 година на исто ниво, меѓутоа во зависност од тоа колку ќе поскапат какаото и шеќерот на светските берзи, ќе одлучуваме дали ќе мора и ние да ги коригираме цените. Ако дојде до поскапување на суровините над 10%, неминовно ќе поскапат и нашите производи. Цената на нафтата како инпут во производството исто така сметам дека многу брзо ќе се врати на претходните високи нивоа“, вели Сашо Наумоски, генерален директор на Витаминка. Екстремната суша во Бразил во првата половина од 2014 година, негативно ќе влијае врз жетвите на кафе во 2015 и 2016 година, со што очекувано ќе се зголеми неговата цена. МН: Нафтата ќе продолжи да поевтинува? Цената на нафтата падна за повеќе од 50% во 2014 година, достигнувајќи најниско ниво во последните пет години. За 2015 година се очекува натамошен пад или стабилизирање на цената, заради структурната хиперпродукција и јакнењето на доларот. Пазарот очекува ОПЕК да го намали производството за да ја ублажи преголемата понуда, но во меѓувреме, производството во земјите што не се членки на ОПЕК ќе порасне, што ќе го спречи позначајното поскапување на

Храната поскапува

Земјоделските суровини покажуваат различно однесување во однос на цените. Според аналитичарите на холандската банка ABN Amro, вишоците на производство на пченица ја носат нејзината берзанска цена надолу, додека обратното се случува со кафето и какаото. Какаото поскапи нагло, затоа што африканските земји, најголеми производители на оваа суровина, беа погодена од епидемијата на ебола. Цената на какаото се качи за 20% во третиот и четвртиот квартал лани, додека можната епидемија на ебола во Брегот на слоновата коска и Гана дополнително ќе ја зголеми цената. Ова е лоша вест за сите „чокохолици“ бидејќи поскапувањето на какаото се заканува да ги зголеми цените на чоколадото и на чоколадните производи во земјава. Во домашните кондиторски фабрики велат дека, како и досега, неповолните движења на суровините на светските берзи гледале да ги амортизираат на нивна штета, а само кога е најнеопходно, преку корекција на цените на финалните производи.

ɲɨɩɢɧɝ Бела Техника

ʸʫ˃˄ʦʤʼʫ

ʺʫʥʫʸ

ǮǰȀǼ ǺǼǯǶǹ

ǮǰȀǼǺǼǯǶǹ ȦȜȝȖțȑ

ˌʽʿʰʻʧ

ɅȿɌɍȼȺȵȿ

ǽǼ DzǮ ǾǼ ȄǶ

ˌʶʽ ʸʤˀʰʻʤ

ǯdzǵ ɧɚɞɨ

ɊȿɎɂ ɇȺɇɋɂ ɊȺȵȿ ɇȺ ɄɊȿȾɂ Ɍɂ

ˀʫʻʽʦʰˀʤʼʫ

ɅȿɌɍȼȺȵȿ ʤʦ˃ʽʺʽʥʰʸ

Бела Техника

ɦɟɫɬ

Ǻdzǯdzǹ

ʤʦ˃ʽʺʽʥʰʸ

ʺʫʥʫʸ ǯȓșȎ ȠȓȣțȖȘȎ

ˌʶʽʸʤˀʰ ʻʤ

ʤʶˉʰ:ʤ

ǹdz Ȁȁ ʺʫ ǰǮ ʥʫʸ ǩdz ʥʫʸʤ

˃ʫˈ ɩɨɞɚɪɨɰɢ ʻʰ ȆǼǽǶǻDZ ʶʤ ˀʫʻʽʦʰˀʤʼʫ ʿʽʪʤˀʽˉʰ

ʤʦ˃ʽʺʽʥʰʸ

ˀʫˇʰʻʤʻˁʰˀʤʼʫ ʻʤ ʶˀʫʪʰ˃ʰ

ɅȿɌɍ Ǻdz ȼȺȵȿ ǯdzǹ ˌʶʽʸʤˀʰʻʤ

ˀʫʻʽʦʰˀʤʼʫ ǽȜȒȎȞȜȤȖ

ɊȿɎɂ ʤʦ˃ʽʺʽʥʰʸ ɇȺɇɋɂɊȺ ˀʫʻʽʦʰˀʤʼʫ ȵȿ ɇȺ Бела ɄɊȿȾɂɌɂ Техника ʺʫʥʫʸ ɩɨɞɚɪɨɰɢ

ǾdzǻǼǰǶǾǮǩdz

ɅȿɌɍȼȺȵȿ

ɉɪ Ɇɟɫɟɱɧɚɬɚ ɪɚɬɚ ɢɡɧɟɫɭɜɚ ɞɟɧɚɪɢ ɡɚ ɤɪɟɞɢɬ ɞɟɧɚɪɢ ɫɨ ɪɨɤ ɧɚ ɨɬɩɥɚɬɚ ɝɨɞɢɧɢ ɢ ɫɨ ɮɢɤɫɧɚ ɤɚɦɚɬɧɚ ɫɬɚɩɤɚ ɧɚ ɝɨɞɢɲɧɨ ɧɢɜɨ ɡɚ ɩɪɜɚɬɚ ɝɨɞɢɧɚ Ɂɚ ɨɫɬɚɧɚɬɢɨɬ ɩɟɪɢɨɞ ɤɚɦɚɬɧɚɬɚ ɫɬɚɩɤɚ ɟ ɩɪɨɦɟɧɥɢɜɚ ɢ ɜɨ ɦɨɦɟɧɬɨɬ ɢɡɧɟɫɭɜɚ ɩɪɢ ɲɬɨ ɦɟɫɟɱɧɚɬɚ ɪɚɬɚ ɢɡɧɟɫɭɜɚ ɞɟɧɚɪɢ ɋɨ ɟɞɧɨɤɪɚɬɧɢɨɬ ɚɩɥɢɤɚɬɢɜɟɧ ɬɪɨɲɨɤ ɞɟɧɚɪɢ ɋȼɌ ɢɡɧɟɫɭɜɚ ɧɚ ɝɨɞɢɲɧɨ ɧɢɜɨ ɈɜɢH ɭɫɥɨɜɢ ɜɚɠɚɬ ɡɚ ɤɥɢɟɧɬɢ ɜɪɚɛɨɬɟɧɢ ɜɨ ȳȺ ɢ ȺȾ ɫɨ ɩɥɚɬɚ ɩɪɟɤɭ ɍɇɂȻɚɧɤɚ ɨɞ ɞɨ ɝɨɞ

ɧɚɞɨ ɦɟɫɬ

ˌʶʽʸʤˀʰʻʤ

ʺʫʥʫʸ

ǽǼ DzǮ ǾǼ ȄǶ

нафтата, што инаку би се случило како резултат на економскиот раст, особено во Азија. Покрај сето ова, ABN Amro очекува повисоките каматни стапки и растот на доларот да ги притиснат дополнително цените на нафтата. Citibank пак во своите најнови анализи проценува дека цената на брент на светските берзи до крајот на годинава ќе се движи до 85 долари за барел. Бизнисмените велат дека ако продолжи трендот на намалување на цената на нафтата и на нафтените деривати, ќе се зголеми конкурентноста на нивното производство што неколку години во екот на кризата беше изложено на огромни трошоци поради енормното поскапување на енергенсите. „Горивата, како влезна суровина, учествуваат со голем процент во цената на производите. Секоја промена на цените на нафтените деривати се одразува и врз цената на самите производи“, велат од Стопанската комора на Македонија. Најсилни ефекти од промените на цените на горивата се чувствуваат во секторот транспортот, каде што потрошувачката на бензини учествува со 60% во вкупната државна потрошувачка на нафта и нафтени деривати. Индустријата пак, годишно троши околу една четвртина од вкупната потрошувачка на горива во Македонија.

ǯdzǵ

ʿʽ˃ˀʽˌ˄ʦʤˋʶʰ ʶˀʫʪʰ˃

ǸǾdzDzǶȀǼȀ

производството на челик се движеа околу 126 долари за тон во просек во 2014 година, што беше преку 20% пад во однос на 2013. За годинава се предвидува понатамошен пад до 120 долари за тон.

ɁȺ ɈȾɈȻɊɍȼȺȵȿ ɇȺ

10

www.kapital.mk

ǾdzȂǶǻǮǻǿǶǾǮǩdz ǻǮ ǸǾdzDzǶȀǶ

ˌʽʿʰʻʧ



Капитал број 793 09.01.2015

12

www.kapital.mk

луѓе и компании

Makedonski firmi zainteresir za privatizacijata vo Srbija

Samo osum i n e m s i n z bi o k o e l i l r f i n a p m o k a n od sever Ватростална доо, Скопје

Ариље метал доо - конзорциум, Скопје Заинтересирана за: XX Петар Драпшин ад, Нови Сад Конкуренти од: XX Србија (7)

Заинтересирана за: XX Шамот Даросова, доо Партизани Конкуренти од: XX Србија (1) XX Шамот Фабрика доо, Аранѓеловац Конкуренти од: XX Единствен заинтересиран купувач

Елекетроелемент доо, Скопје

Заинтересирана за: XX Електропорцелан ад, Аранѓеловац Конкуренти од: XX Единствен заинтересиран купувач

РАМ-МОНИВ Интернатионал, Скопје Заинтересирана за: XX ППТ Кочна техника ад, Трстеник Конкуренти од: XX Единствен заинтересиран купувач


www.kapital.mk

Капитал број 793 09.01.2015

луѓе и компании

rani

i o ii Адора Инженеринг дооел, Скопје и Машинокоп дооел, Кавадарци Заинтересирани за: XX Trayal корпорација ад, Крушевац Конкуренти од: XX Србија (9); XX Чешка (2); XX Македонија (1); XX Германија (1); XX Русија(1); XX Турција (1); XX Грција (1); XX Австрија (1); XX Кина (1)

Грозд ад, Струмица Заинтересирана за: XX Бивода доо, Бујановац Конкуренти од: XX Холандија (1)

Санос доо, Скопје Заинтересирана за: XX Аутотранспорт ад, Краљево Конкуренти од: XX Србија (2)

13


Капитал број 793 09.01.2015

14

www.kapital.mk

луѓе и компании

пишува:

Игор Петровски

А

igor.petrovski@kapital.mk

дора Инженеринг од Скопје, една од најбрзорастечките градежни компании во Македонија последниве неколку години, заинтересирана е за влез во српската Трајал (Trayal) корпорација од Крушевац. Трајал е на списокот фирми што српската влада ги продава во процесот на приватизација и реструктурирање на државните фирми, а произведува гуми за возила, заштитни средства и експлозиви. Адора е една од осумте македонски компании што испратиле писмо за интерес до српската Агенција за приватизација, која што во моментов на продажба нуди 502 компании. Директорот на Адора, Ванчо Чифлиганец, ни рече дека во компанијата во последно време размислуваат за покренување нови бизнис активности и проширување во други дејности, поврзани со производството. “Имајќи го предвид моето долгогодишно работно искуство во областа на геологијата и рударството, сметам дека можеме да се вклопиме во приватизацијата на дел од корпорацијата Трајал. Отворена е опцијата дали евентуалното наше учество во приватизацијата би било во оваа корпорација во Србија или во некој нејзин огранок, односно производствен капацитет во Македонија“, вели Чифлиганец. Тој додаде дека Адора е секогаш отворена за соработка со други бизнис партнери од Македонија, доколку некој е заинтересиран за заеднички настап на трети пазари, и дека одлуката за инвестирање нема да биде донесена по секоја цена. “Тоа би се случило само ако конечно оцениме дека може да биде успешен

Производство на вода и сокови, метална индустрија, огноотпорни материјали, транспорт, гуми, заштитни средства и експлозиви се бизнисите во Србија во чија што приватизација би влегле осум македонски фирми и едно физичко лице. Толку се имаат пријавено со писмо за интерес до српската Агенција за приватизација која огласи продажба на 502 државни фирми. проект, односно македонска инвестиција во соседна Србија. Да потсетиме, српската Агенција за приватизација пред неколку месеци објави список на кого што се наоѓаат околу 930 заинтересирани инвеститори за приватизација на 502 компании во државна сопственост. Списокот е објавен на барање на движењето “Доста беше“ формирано од поранешниот министер за економија Саша Радуловиќ. Списокот, како што наведоа од движењето, го доставила Агенцијата “по два месеци борба за почитување на Уставот и законите“. Агенцијата ја огласи продажбата на 15 август, а писмата на заинтересираните инвеститори се примани до 15 септември. Најмногу заинтересирани инвеститори има од Србија-675, потоа од Русија – 26, Германија – 18, Унгарија – 15, Италија -13, САД – 12, додека по 11 заинтересирани има од Кина и Чешка. Меѓу потенцијалните преземачи на српските компании има и голем број на физички лица, околу 240, од кои што некои се имаат пријавено дека се заинтересирани за по 50, па и 100 компании за преземање. Агенцијата за приватизација рече дека ќе ги промени критериумите за тоа кој с$ може да пушти писмо за интерес, за да се избегне тоа доведување на приватизацискиот процес до апсурд. Од Македонија има пријавено едно физичко лице, под компаниски

назив Cape Point DOO, заинтересирани за “Савремени дом“ од Крушевац, компанија од дрвопреработувачката индустрија.

Инвестиции во исти или сродни бизниси

Освен Адора инженеринг, на списокот заинтересирани инвеститори од Македонија се уште седум компании: Машинокоп од Кавадарци заинтересирана исто така за Трајал корпорацијата; Грозд од Струмица (Бивода, Бујановац); Ватростална од Скопје е заинтересирана за две фирми, Шамот Даросова и Шамот Фабрика доо од Аранѓеловац; Санос од Скопје (Аутотранспорт, Краљево); Ариље Метал од Скопје (Петар Драпшин, Нови Сад); Електроелемент од Скопје (Електропорцелан, Аранѓеловац) и РАММОНИВ Интернационал од Скопје (ПТТ Кочна техника, Трстеник). До затворањето на овој текст не добивме изјава и од останатите компании за тоа кои се нивните мотиви и намери за влез во српските пазари. Само еден бизнисмен што не сакаше да го цитираме рече дека ова се само писма за интерес и с$ уште е многу рано да се каже дали ќе излезе нешто конкретно на крајот. “Не можам во оваа почетна фаза да откривам детали околу конкретните планови што ги имаме во врска со српската компанија за која пројавивме интерес, ниту пак детали околу висината на нашата


www.kapital.mk

Капитал број 793 09.01.2015

15

SI IGRAAT MAJTAP

STUDENT SAKA DA KUPI 92 KOMPANII?! Фирма со блокирана сметка сака да купи 95 фирми, а консултантско друштво со 11 вработени “фрлило око“ на 60 фирми

О

д градот Ковин е, студира економија, има само 20 години, но на српската Агенција за приватизација и пишал дека е заинтересиран за 92 фирми што Владата сака да ги продаде. Како што пренесе српскиот медиум Б92, Милош Пауновиќ би го купил дури и Рударско-топилничкиот басен “Бор“ и фармацевтската фирма “Галеника“. Неговата намера предизвика смеење и симпатии во јавноста, но Милош вели дека е мртов сериозен во својата намера. “Колку повеќе фирми купам, ќе им подобро на работниците. Мотивите ми се да спречам понатамошно пропаѓање на овие фирми и да ја одржам вработеноста на постојното ниво, но и да остварам профит“, тврди Пауновиќ.

Заинтересирани инвеститори за најголем број компании: XX Gama Sistem DOO (Србија): 95 XX Keep Light DOO (Србија): 92 XX Милош Пауновиќ, физичко лице (Србија): 92 XX МК Group DOO (Србија): 67 XX MEP Inzenjering DOO (Србија): 60 XX EES Group DOO (Германија): 53 понуда и сл.“, рече нашиот соговорник. Како и да е, гледајќи го списокот на српски фирми што се предмет на интерес на македонските инвеститори, тие би влегле во компании или делови од поголеми системи, со кои што и до сега имале соработка, го познаваат нивното работење и се во истиот или сроден бизнис. На пример, “Грозд“ од Струмица, производител на алкохолни пијалоци, сокови и пакувана вода, е заинтересирана за “Бивода“ од Бујановац, производител исто така на сокови и вода. “Ватростална“ од Скопје, која работи во областа на огноотпорна, противпожарна, антикорозивна заштита, хидроизолации, итн., е заинтересирана за две спрски компании, “Шамот Даросова“ и “Шамот фабрика“ од Аранѓеловац, компании производител на огноотпорни, алумосиликатни материјали и производи.

Радуловиќ: Малку кредибилни инвеститори на списокот! Инаку, од движењето на поранешниот министер Радуловиќ, тврдат дека на

И токму овој случај, иако не е единствен, ги натера надлежните во Агенцијата да подготват и некои контролни механизми за продолжетокот на процесот на продажба или ликвидација за 502-те фирми. “Не е младиот Пауновиќ единствен кој што со своите пријави, се чини, ја обесмислил намерата на Владата преку повикот за праќање писма за заинтересираност да ги анкетира инвеститорите за можното вложување во фирмите што се реструктурираат. Затоа сега се анализираат сите понуди, а за стечај ќе предложиме и бројни фирми за кои што, наводно, имаме потенцијални инвеститори“, вели за Блиц, извор од Агенцијата за приватизација. Збунува и бројот на барања што ги упатила фирмата “Гама систем“. Тие пратиле писмо за заинтересираност за 95 фирми од разни области, а сметката им е блокирана. За 60 фирми пак, се пријавила “Меп инженеринг“, која што се занимава со консултантски услуги и има само 11 вработени. списокот заинтересирани инвеститори “врие од шпекуланти и фантоми за кои што никој не слушнал“. “Меѓу нив има и ‘шампиони’ со оснивачки капитал од само 1.000 динари, како и атрактивни спасители на српската економија со ‘свеж капитал’. На списокот се и попознати бизнисмени што се апсени или се под истрага заради стопански криминал. На списокот има само малку кредибилни инвеститори што доставиле писмо на заинтересираност“, велат од “Доста беше“. Меѓу посериозните инвеститори од Србија е “МК група“ на Миодраг Костиќ, која што пројавила интерес за 67 компании. МК групата е заинтересирана, меѓу другото, за купување на ПКБ и Метанолскооцетниот комбинат и поголем број земјоделски компании, се гледа од списокот на Агенцијата за приватизација. Оттаму велат дека во процесот на приватизација ќе се фокусираат на можности за преземање на оние фирми чија што дејност е веќе во нивното портфолио. “Во согласност со работењето на компанијата, на Агенцијата за приватизација и се пратени одреден број писма за интерес. Планираме во ова тешко економско време да одржиме адекватно ниво на профитабилност, а до евентуалното проширување на нашите бизниси може да се дојде единствено ако се исполнат поголем број услови. Писмата за заинтересираност се само иницијален чекор и не значи дека ќе дојде до конкретно купување на некоја фирма“, велат од МК групата. Од поголемите српски компании што се приватизираат, српските медиуми ја издвојуваат авиокомпанијата Авиогенекс, Рударско-топилничарскиот басен Бор, Белградски саем, итн.


Капитал број 793 09.01.2015

16 Интервју interview

NIKOLA POPOSKI министер за надворешни работи

Министерот за надворешни работи Никола Попоски во интервју за „Капитал“ порачува дека не очекува решавање на спорот за името со Грција во 2015-та година од неколку причини – но главно, поради ставот на официјална Атина којашто, според него, веќе и официјално демонстрира незаинтересираност за овој проблем. Сепак, тој признава дека Македонија и тоа како има работа со реформите во повеќе сфери и дека тие проблеми се паралелни со оној, наметнатиот од југ: „Ние ги немаме завршено сите задачи дома, за сега така стокмени и идеални да чекаме грчкиот премиер да се свести“ вели тој.

www.kapital.mk


www.kapital.mk

Капитал број 793 09.01.2015

Интервју

17

Sporot za imeto ne e tehni^ko pra[awe za da go re[ava tehni^ka Vlada


Капитал број 793 09.01.2015

18

www.kapital.mk

Интервју

пишува:

Катерина Синадиновска katerina.sinadinovska@kapital.mk

XX Кои ќе бидат приоритетите на МНР за годината што следува? Со што прво ќе се зафатите да работите? Имаме три приоритети во надворешната политика: европска интеграција, странски инвестиции и трговија, како и гриза за македонски граѓани и интереси надвор. Доста енергија се троши на препреки поради спорот наметнат од Грција. Во меѓувреме постојано работиме на усвојување на што повеќе европски стандарди и реформи кои секако ќе бидат услов за членство во ЕУ. Односите со најблиските соседи ни се посебен приоритет. За мала земја најбитно е какво е директното опкружување. На Балканот, овие односи бараат посебна нега. Почетокот на 2015 ќе биде во знак на поефикасно ширење на дипломатските односи. Ќе именуваме нерезидентни амбасадори во земји и региони каде немаме постојано присуство. Тие би биле во Скопје и би патувале во неколку наврати годишно, но би биле посветени на држави и региони каде има пред се долгорочни економски потенцијали. XX Кој е Вашиот коментар што Македонија повторно не успеа да мрдне чекор напред кон ЕУ и овој декемвриски Самит помина неславно за нас? Сосем очекувано. Сите знаеме со кого или што имаме работа. По години, од временска дистанца, вакви заклучоци од европски историчари можеби ќе бидат оценети како неславни. Веројатно ќе се извлече и некое корисно наравоучение: да не се дозволи повеќе компромитирање на генијален мировен проект како ЕУ, за ненормални билатерални уцени. Многу добра вест е што овој пат мудрите аргументи во корист на водење пристапни преговори со Македонија ги пренесоа мнозинство земји членки гласно и отворено. Тоа не беше случај претходно. Уште земји тоа го сторија премолчено. Тоа никако не треба да се смета за било какво фаќање страна. Туку е глас на разум спроти ѕид од уцени. Ваквиот настап е различен и не е паднат од Марс. Треба да се цени што има одлучувачи кои се грижат за моралниот интегритет и долгорочните интереси на Европа.

Грција е поголема, помоќна и многу незгодна XX Сосем отворено велите дека во ЕУ најзначајна е политиката на сила. Каков е овој став? Станува ли министерот за надворешни работи евроскептик? Далеку од тоа. Повторувам, ЕУ е генијален мировен проект! Стратешки ни отвора најдобри можности за развој на Македонија. Тоа е до сега најбогатиот и најсреден клуб во светот. Ако не се согласуваме, што би било денес подобра опција за нас...? Ова не знаци дека

Опозицијата неретко критикува без аргументи, а Владата има недостаток од објективна критичност XXШто ќе кажете за слободата на говор? Во Извештајот на ЕУ не се штедеа забелешки кога се медиумите во прашање... Простор за унапредување има секаде па и таму. Поларизација постои и тоа го гледаме. Тоа е можеби природно зошто го има и во понапредни општества од нашето. Сепак има линија која не смееме да ја преминеме од поларизација во самоуништувачки пристап. Кај нас линијата е тенка. На крајот на денот сите треба да имаме чувство за национален интерес. Може до коска да не се согласуваме, да дебатираме, да се напаѓаме, но не смее тоа да ни стане цел сама по себе. Во моментов можеби најголем проблем е нивото на деструктивност што е изразено. За опозицијата е проблем што неретко во недостаток на издржана критичност ја самодевалвира сопствената улога на коректив во едно општество. За Владата пак е проблем што има недостаток на објективна критичност, која секогаш може да е од помош во носење одлуки. Конечно се зависи од медиумската култура која ќе ја промовираме. Тука секој од нас има одговорност. Имаме време пред нас да работиме на подобрување на климата и учиме од добрите и лоши примери низ Европа.

треба да затвориме очи или да идеализираме. Најдобро е да сме реални. Многу упатени соговорници од ЕУ земји отворено коментираат: тоа што ви го прави Грција нити е праведно, нити е принципиелно, најмалку е добрососедски ... но тие се внатре, а вие надвор од ЕУ..., дополнително се поголеми, помоќни и многу незгодни - им нема рамен човек за човек во Европа. Но, ние не би биле тоа што сме ако би скрстиле раце. Си знаеме кои шме и што сакаме. Зло никому не посакуваме. Најмалку пак на Грција. Се бориме за праведна и европска цел. Затоа и ќе успееме. XX Вие сте еден од најистурените владини играчи кон Меѓународната заедница. Како реагирате на критиките во однос на многуте области коишто се уште не се реформирани? За вистински напредок меѓу друго е секогаш неопходна и критика. И за ова треба да сме реални. Сакаме да се приклучиме кон клуб, а секако имаме важни области кои нам ни е потребно да ги реформираме. Тоа што се стремиме кон поефикасно судство или администрација од ова ниво на кое сме, не е ни приближно толку значајно за ЕУ, колку што е за самата Македонија. Затоа на пример и сме се зафатиле со покачувања на стандардите за ефикасност и стручност. Што сме пофокусирани на реформите, тоа е и поапсурдна и препреката. Ние и сега и по членството во ЕУ еден ден, главната битка ја водиме и ќе ја водиме за поголема конкурентност на земјата, институциите, кадрите и конечно нашите фирми. Извештаите на ЕК ни се корисни за водење на реформите. XX За разлика од Вас и ставот дека Грција и спорот се главни виновници за блокадата на Македонија, вашиот колега Бесими и во последната колумна посочи дека Македонија има уште многу работа за европски да се реформира. Имате разединување

во ставовите? Околу тоа кој не блокира и зошто нема дилеми. Дури и не е битно што ние мислиме за причините. Самата Европска Комисија и заклучоците на Европскиот Совет констатираат дека нема мрдање без отстранување на блокадата врзана за грчкиот спор. ЕК за тоа упатува и апел до членките да преземат одговорност и да не ги туркаат одлуките под тепих. Исто е и со НАТО. Тоа е констатирано и од Меѓународниот Суд на Правда, што е причина за држењето пред вратите од Алијансата. Ова во никој случај не значи дека ние сме си стокмиле се што ни треба од реформи и така идеални чекаме да се свести грчкиот Премиер. И со и без нив ние имаме уште многу работи за средување. Тоа е исто неспорно. Бидејќи за одлуките во Советот на ЕУ нити ние нити МСП сме фактори, најмудро е да се фокусираме таму каде одлучуваме само ние. Затоа секој атом енергија потрошен на средување на домашниот двор ни е најинтелигентно насочен.

Во 2015-та Атина ќе се занимава со избори, не со спорот за името XX Има ли нови моменти во однос на спорот за името? Ново е годинава што незаинтересираноста за решение од главниот актер во спорот не се ни прикрива. Нам како втор актер ни треба интензитет и посветеност на дијалог. Тоа и го бараме. Имаме интерес да го тргнеме товарот на блокадите. Грција пак е пред свои внатрешни предизвици. Нас тоа не треба воопшто да не радува, бидејќи во пракса односите со нив ни се поважни од било кој друг. На сите поупатени во спорот им е јасно дека условите за ангажман се далеку од поволни. Порано или подоцна веројатно 2015 ќе биде пак изборна година на југот. Фокусот во Атина е кон Франкфурт, Брисел и Вашингтон. Тројката која


www.kapital.mk

Капитал број 793 09.01.2015

Интервју

19

Во односите со Бугарија минавме низ брда и долини XX Колку новиот грб би можел да ги влоши односите со Бугарија? Како би ги оцениле односите Скопје- Софија во овие моменти? Реално не гледам нити објективен мотив нити причина како грбот би ни донел лоши односи со Бугарија. Ако е лавот изворот, тогаш тоа би важело за половина свет каде лав е дел од национални обележја. Никој нема ексклузивитет. На политичко ниво мислам дека имаме позитивна и отворена комуникација. Ако споредиме со 2012 кога прв пат се изнесе условеноста за наш напредок кон ЕУ од Бугарија, мислам дека минавме преку многу планини и низ долини. Горе-долу расчистивме што ни е најпотребно и верувам дека по средување на новата Влада таму имаме можност да оставиме некои проблеми зад нас и зачекориме заедно кон решенија.

одлучува е таму. Скопје им е вон радар, освен ако не се работи за наоѓање изговори со кои сакаат блокадата кон Европа да ја завиткаат во целофан. XX Како ги толкувате шпекулациите дека токму во 2015-та ќе сведочиме на техничка влада, но не поради тоа што Заев така сака, туку од потребата што ќе се наметне токму за решавање на спорот? Има ли основа да очекува нешто такво? Не мислам дека има логика. Искрено звучи повеќе како нечија желба за купување време и мечтаење за технички влади. Во моментов прво нема услови за грчка посветеност. Второ и кога би имало, ние имаме изграден став дека народот мора да биде вклучен во носење на било која одлука по однос на така значајно прашање. Не случајно сме се обврзале на референдум. Не може никако таков спор да е предмет само на Владина одлука. Премногу е сериозно

за да може да се сведе на техничко прашање за техничка Влада.

Подобро да не посетуваат странски инвеститори, отколку државници XX Белград беше домаќин на големиот Самит на Кина и земјите од средна и југоисточна Европа, каде што се најавија доста кинески инвестиции. Зошто нема вакви настани во Скопје? Ова е трет ваков самит со Кина, по Варшава и Букурешт. Идејата е секоја година во друг град од 16 земји учесници и во Кина. На овој Самит главните инвестиции кои се најавија се однесуваат и на Македонија. За нас е многу поважно каде ќе бидат инвестициите, отколку од каде ќе се најават. Добро е што имаме веќе 3-4 автопати во тек и најава, а сега и можност за проекти во железницата.

Тоа е клучното. XX Вие сте зарем задоволен од тоа колку е земјава посетена од странски државници? Во денешно време, мора да признаеме дека е многу позначајно колку инвеститори посетуваат определена земја. Толку е тоа глобално станато што посети и зделки од бизнисмени се многу побитни од тие на политичарите. За добро или зло, така е. XX Неодамна проструи информација дека сте станале шеф на партиската кадровска комисија на ВМРОДПМНЕ. Ви се засилува ли Вашата позиција внатре во партијата? Член сум на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Се обидувам колку можам да придонесувам како и сите други членови во градење на политиките кои се разгледуваат во извршното партиско тело.


Капитал број 791/792 26.12.2014

20

www.kapital.mk

Company Profile

Арбен Абдурахмани сопственик

Комплексот на Везе Шари со сите овие објекти, јас и мојот партнер го имавме во нашите глави уште во времето кога овде беа само ниви. Не ги имавме во план само објектите и технологијата, туку и пазарите на кои ќе се пласираат нашите производи. Значи без да се поставиш така во бизнисот, воопшто и не треба да влегуваш во инвестиции и авантури. Најголемата тајна е во долгорочното планирање.

Vezei aвоrдител [ и оиз

пр а јајца и н еснати м о в су извод про

Tajnata e vo dolgoro^noto planirawe

пишува:

Дејан Азески

Dejan.azeski@kapital.mk

В

о услови на масовно иселување на населението во странство и одлив на капиталот од земјава може да се најдат и позитивни примери каде луѓе после децении живот во странство се одлучуваат целата мачно стекната заработка да ја вложат во Македонија или поточно во родното место од каде што потекнуваат. Еден од ретките такви примери е и Арбен Абдурахмани сопственик на веќе доста позната компанија како во Македонија така и во странство Везе Шари, која од ден на ден с$ повеќе напредува. Станува збор за фарма за производство на јајца Veze Sharri и фабриката за произведување на пилешко и говедско месо LECKER, кои се сместени во недопрената потшарпланиска природа во атарот на селото Требош, еден од најчистите еколошки региони во земјава. Вкупно целиот комплекс кој го изградил Абдурахмани, а ние го посетивме минатата недела има површина од 35.000 м2, од кои 14.000 м2 припаѓаат на индустриските и

Компанијата Везе Шари е школски пример на пренос на капитал и знаење од дијаспората назад кон Македонија на многу успешен и продуктивен начин. Добар образец кој треба да го применат повеќе наши од дијаспората деловните објекти.

Визијата за бизнис треба да е подолга од десет години

Арбен Абдурахмани помеѓу 1989 и 2000 година како и многу свои земјаци од полошкиот регион работел во Германија. Ја има таа среќа да биде вработен кај газда кој ги ценел неговите квалитети и имал разбирање за неговите визии. „Последните седум години работев на техничко одржување на живинарската фарма на мојот сегашен германски партнер Херман Семилер. Тоа траеше додека обострано не одлучивме дека е паметно дел од знаењата и капиталот стекнати во Германија да се префрлат и во Македонија каде што ќе инвестираме партнерски. Во Македонија се вратив во јули 2000 година, а веќе во септември

120.000 Несилки во секој момент поседува Везе Шари

25

Различни сувомеснати производи се произведуваат од кокошките на Везе Шари, во рамки на придружната фабрика Лекер

14.000 м2

Покриен простор има компанијата Везе Шари во Требош


www.kapital.mk

Капитал број 793 09.01.2015

Company Profile истата година започнавме со градба“ Абдурахмани е горд што веќе во 2003 година го достигнува планираниот број несилки кој што го има и денес, а тоа се 120.000. Неговата фирма во овој период се развива по правилна нагорна линија, а како тајна на сиот тој успех Абдурахмани го смета долгорочното планирање на бизнисот кое го научил уште во Германија. „Колку и да ви изгледа комплицирано комплексот на Везе Шари со сите овие објекти јас и мојот партнер го имавме во нашите глави уште во времето кога овдека беа обични ниво. Не ги имавме во план само објектите и технологијата туку и пазарите на кои ќе се пласираат нашите производи. Значи без да се поставиш така во бизнисот, воопшто и не треба да влегуваш во инвестиции и авантури. Најголемата тајна е во долгорочното планирање“ И навистина ваквиот современ пристап му носи резултати на Абдурахмани кои што се поголеми отколку што очекувал. „Нашиот план првичен не беше воопшто да им конкурираме на домашните производители на јајца. Ние си имавме загарантиран пазар во Германија и воопшто не планиравме да се занимава ниту со Македонија ниту со регионот. Но за наша среќа, а туѓа несреќа во тој момент на пазарот во Македонија немаше јајца со добар квалитет. Е сега не знам ни јас точно како, но нашите јајца едноставно почнаа да се бараат. Почнаа да се бараат со темпо кое што постојано растеше, како во Македонија, така и на Косово и во целиот регион. И сега непланирано дојдовме во ситуација да не мораме да извезуваме во Германија туку да имаме огромен пласман во најблиската наша околина.“

Лекер е само успешно надополнување на процесот

Сепак и покрај тоа што сака да планира долгорочно Абдурахмани е доволно флексибилен за да може да учи и да се прилагодува и од самата работа. Еден од резултатите на ваквите прилагодби е и индустријата за месо Лекер која работа во рамките на самиот комплекс. „Генерално ние имавме проблем што да правиме со кокошките кои веќе не несат. Во Германија таквите кокошки се продаваат свежо заклани за приготвување на супа и се голем специјалитет. Но кај нас за жал нема таква традиција. Дополнително забележавме дека во Македонија кокошки се продаваат по улици па дури и на мостот на Бит Пазар, уште ги паметам тие грозни слики, кои не шират само лоша слика туку и вистински опасни болести. Кога ги искомбиниравме тие две согледувања ние се роди идејата за градење на погон на Лекер, германскиот бренд на мојот партнер кој денеска одлично функционира во Македонски услови“ И навистина петнаесетте производи на месната индустрија покрај тоа што се извезуваат во Германија се

Во трагедијата видов колку вистински пријатели сум имал

В

о животниот век на една фирма како и во животниот век на секој човек има и подеми и падови. Веројатно иронијата сака најнемилата работа на Абдурахмани да му се случи токму на десет годишнината од компанијата. „Ние според претходниот план планиравме 120.000 несилки да ги зголемиме на 240.000. Имавме обезбедено и пазар и изградено објекти и с$. Но, во една ноќ ни се случи трагедија само да не размислуваме повеќе за проширување туку да размислуваме и воопшто за опстанување“ Во таа вечер во пожарот кој го зафати Везе Шари загинуваат сите 120.000 несилки и фармата на Абдурахмани е вратена буквално на она почетно ниво на кое била пред изградбата. „Може да се правам силен колку сакам, но во тие моменти бев максимално потресен, исплашен и разочаран. Уште не можам да стигнам да им се заблагодарам пред се на семејството, партнерите и пријателите за она што го направија во тие клучни моменти за мене. Никогаш нема да заборавам кога ми се јави сопругата на германскиот партнер и ми рече дека ние не сме партнери само во добро туку и во лошо. Но, сето тоа ќе беше залудно ако имав човечки жртви, факт кој немаше да го преболам. Вака сум среќен и благодарен и на бога и на сите добри луѓе околу мене“ И навистина Абдурахмани во наредните шест месеци врз основа на зачуваните 30.000 јајца за подмладок го возобнови целосно производството и се врати на старите патеки.

лиценцирани и од самата американска армија која долги години се снабдувала од Везе Шари факт кој според Абдурахмани е најголем доказ за квалитетот. „Ниедна работа не трпи импровизации. А посебно производството на храна. Затоа ние уште кога започнавме со Лекер во 2005 имавме една единствена и најважна цел, да ги примениме сите можни стандарди за квалитет и безбедност на храна. Ние бевме првите во Македонија со ИСО Стандарди и се сеќаваме дека инспекторите од цела Македонија доаѓаа кај нас да видат како е тоа применето. Ние можевме да направиме импровизација како многу наши колеги и да заштедиме краткоточно, но на долг рок сигурно немаше да направиме ваков успех“

21


Капитал број 793 09.01.2015

22

www.kapital.mk

медиуми

Zo[to kompaniite treba da gi koristat socijalnite

Makedoncite pove]e gi brendovite koi se pris na socijalnite mre@i пишува:

Габриела Делова

gabriela.delova@kapital.mk

Д

ека бројот на корисници на социјалните мрежи молскавично се зголемува секој ден е повеќе од јасно, како што е јасно и дека секој еден кој има профил на било која социјална мрежа тешко може да го помине денот без ниту еднаш да „ѕирне“ што прават пријателите. Ова создава море од можности за компаниите и нивните брендови и продукти, затоа што добиваат уникатна можност за директна и непосредна комуникација со своите купувачи која што долгорочно значи дека компаниите можат своите купувачи да ги претворат во вистински амбасадори. Потврда за тоа е и најновото истражување на светски присутната медиумска агенција Универзал Медиа. Истражувањето се вика “Wave”, и е најдолгата и најамбициозната годишна

анализа на социјалните медиуми, кое покрива повеќе од 50.000 интернет корисници од 65 земји кои претставуваат универзум од 1.29 милијарда активни корисници ширум светот. Истражувањето го мери влијанието на социјалните медиуми ширум светот истражувајќи ги новите можностите и промените кои настануваат во комуникациските технологии. До сега спроведени се вкупно 8 глобални истражувањa. Во ова глобално истражување, учествува и Македонија, а истражувањето во земјата го спроведува Универзал Медиа и Меккен Скопје. Истото покажува дека дури 74% од македонските испитаници имаат попозитивно мислење за оние брендови кои се присутни на социјалните медиуми. Прашани кои се најчестите причини поради кои се приклучуваат кон бренд заедниците на интернет, тие велат дека тоа е за да дознаат повеќе информации за брендот, за да бидат во тек со новостите поврзани со брендот и за да добијат личен одговор за прашањето/проблемот кој го имаат.

Притоа, покажува истражувањето, многу поважна за Македонците е содржината која се споделува, отколку кој ја споделува истата. „Независно од тоа дали содржината е споделена од страна на бренд или пријателите, генерално се цени содржината која кажува нешто корисно, е интересна и забавна, кажува нешто ново или контроверзно и инспирира“, покажува истражувањето. Токму такви типови на содржини, се вели во истражувањето, се оние кои испитаниците сакаат да ги споделуваат на социјалните медиуми. Освен резултатите кое се корисни за компаниите, истражувањето Wave ги покажува и навиките на македонските граѓани при користењето на социјалните мрежи.

Какви ни се навиките на социјалните мрежи?

Дури 80% од испитаниците го посетуваат Фејсбук на дневно ниво, а овој процент кај тинејџерите е преку 90%. Притоа, дури 65% од нив велат дека социјалните медиуми се интегрален дел од нивниот живот, 60% сметаат дека нивните


www.kapital.mk

Капитал број 793 09.01.2015

медиуми

23

Дури 74% од корисниците на социјалните мрежи имаат попозитивно мислење за оние брендови кои се присутни на социјалните мрежи, оти така се во тек со сите новости и информации поврзани за брендот, но и поради тоа што можат лично да комуницираат со омилените брендови. Wave е годишна анализа на социјалните медиуми, која се спроведува во цел свет, вклучувајќи ја и Македонија. Истражувањето кај нас го реализираат агенциите Меккен Скопје и Универзал медиа.

mre@i?

i sakaat sutni профили на социјалните медиуми го покажуваат нивното вистинско јас, додека пак 40% се загрижени дека ќе пропуштат важни работи доколку не ја посетат социјалната мрежа, покажува најновото истражување. Она што е интересно за социјалните мрежи е и фактот дека корисниците поминуваат помалку време менаџирајќи ги своите профили, а многу повеќе време поминуваат посетувајќи ги профилите на

своите пријатели. YouTube на дневно ниво го посетуваат повеќе од 74% од Македонците, а Инстаграм на дневно ниво најмногу го користат лицата од 16 до 24 години (31%). Доста интересен е податокот дека дури 60% од испитаниците се под стрес кога немаат интернет, а исто толку би сакале да останат анонимни во онлајн активностите кои ги прават. Понатаму, според резултатите од истражувањето, дури 77% од испитаниците се загрижени за количината на податоци кои ги оставаат онлајн, но сепак на повеќе од половина не им пречи компаниите да го следат нивното однесување на интернет доколку со тоа се унапреди услугата која што компанијата им ја дава. Во однос на „лајкувањата“, истражувањето покажува дека на луѓето емотивно им влијае и начинот на кој содржината што тие ја споделуваат е прифатена од другите. „Кога ќе се прими позитивно и кога ќе биде проследена со ‘Like’, тоа генерира среќа. Предизвиканата емоција е најпозитивна кога некој прави интересен коментар околу споделената содржина (68%), споделува нешто интересно инспирирано од тоа (65%), или кога ја споделува со некој познат – ова се случаи кога самиот чин на споделување предизвикува разговор во социјалниот круг на „споделувачот“. Но, колку што сме среќни кога некој позитивно ќе реагира на споделената содржина, толку сме и несреќни кога некој ќе го игнорира споделувањето (35%) или ќе н$ блокира поради истото (50%)“, се вели во заклучоците од истражувањето. Инаку, најчеста активност што македонските граѓани ја прават онлајн е гледањето видео клипови. Тие исто така веруваат дека во иднина ќе поминуваат уште повеќе време онлајн преку мобилните уреди.

Кои се навиките на македонските корисници на социјалните мрежи: XX 80% од корисниците го посетуваат Фејсбук на дневно ниво XX 74% од Македонците дневно се „закачени“ на YouTube XX 31% користат Инстаграм XX 60% од граѓаните се под стрес кога немаат интернет XX 60% сакаат да бидат анонимни во онлајн активностите XX 77% од граѓаните се загрижени за тоа што го „постираат“ онлајн XX 60% од испитаниците сметаат дека социјалните мрежи го покажуваат нивното вистинско јас XX 40% се загрижени дека ќе пропуштат важни работи доколку не ја посетат социјалната мрежа XX „Лајкот“ не прави среќни, игнорирањето несреќни XX На интернет најмногу Македоцните гледаат видео клипови XX Повеќе се следат профилите на пријателите, отколку што се менаџираат сопствените


Капитал број 793 09.01.2015

24

www.kapital.mk

политика

Dr@avata gi pla]a nerazumnite rokovi

Izgubenite sporovi vo Strazbur ja ^inat Makedonija 2 milioni

Пресудите кои во моментот пристигнуваат од Европскиот суд за човекови права во Стразбур се слика на состојбите на македонското судство од пред четири години. Каква е сликата на нашето судство денес, полоша или подобра, ќе се види во наредните неколку години. Инаку, државата само во последните три години потрошила преку 6 милиони евра за реформа на судството. Сепак, општиот впечатокот во јавноста, но и во извештаите на меѓународните организации, е дека реформите во судството заостануваат. Тоа го покажа и последниот извештај на Народниот правобранител, објавен минатата недела, во кој стои дека граѓаните најмногу се жалат на судството. Исто така, на бавното судство се жалат и странските компании кои веќе инвестирале или се заинтересирани да инвестираат во земјава.


www.kapital.mk

Капитал број 793 09.01.2015

политика

vo sudstvoto

ni evra!

25

Само во 2013 година, Македонија се обврза да плати 445 илјади евра во пријателски спогодби со Европскиот суд за човекови права. Најчестата причина поради која е тужена земјава пред овој суд е должината на судските постапки, должината на притворот и повреда на правото на фер судење. Пред судот во Стразбур, правдата веќе ја побараа битолчанецот Душко Илиевски (Млекарот), уапсените во акцијата „Змиско око“ и многу други. Во моментот таму правдата ја бара и поранешниот сопственик на А1 телевизија, Велија Рамковски за долгиот притвор во случајот „Пајажина“ пишува:

Габриела Делова

gabriela.delova@kapital.mk

фотографија:

фотоархива на Капитал

И

кон Македонија, а земјава исплатила сума во вкупна вредност од милион и пол евра. Заедно со овие нови 445 илјади евра, вкупната сума изнесува околу 2 милиони евра. Одговор за точниот износ побаравме од владиниот агент, одговорен за овие случаи, но оттаму никој не ни одговори. Според статистиката објавена на официјалната страна на Европскиот суд за човекови права, овој суд до сега има донесено 101 пресуда за Македонија, а разгледал дури 3.517 претставки поднесени од граѓани од нашата држава. Притоа, најголем број од пресудите, 56 се однесуваат на должината на процедурите, 27 на правото на фер судење, а 12 за право на слобода и безбедност. Инаку, во просек 825 претставки годишно стигнуваат до овој суд од Македонија, а секоја 69 претставка добива пресуда. Најмногу претставки се поднесени во 2009 година, вкупно 1077. Оттогаш, бројот на претставки се намалува, па така, лани биле поднесени само 345. Ова, велат познавачите, најмногу се должи на фактот што граѓаните, а и нивните застапници, полека учат како, за што и на кој начин може да ја тужат државата пред овој суд, оти досегашната пракса покажа дека многу од претставките испратени на адресата на Стразбур или не се потполни или судот не ги прифатил. Оттука, пресудите од овој суд во голема мера зависат и од подготвеноста на македонските адвокати да ги водат овие случаи, велат тие. Дополнително, додаваат, треба да се знае дека сегашните пресуди од Европскиот суд за човекови Стразбур се слика за состојбите на

покрај огромните суми кои ги одвојува државата за реформа на судството (за три години одвоила повеќе од 6 милиони евра), граѓаните се почесто се одлучуваат правдата, која со години ја чекаат пред македонските судови, да ја бараат пред Европскиот суд за човекови права. Дури 445 илјади евра ја чинат Македонија, споровите, изгубени во Стразбур за прекршени човекови права, во 2013 година. Во истата година, Македонија одвоила 2,2 милиони евра за реформа на судството. „Во текот на извештајниот период, Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) утврди дека земја ја прекршила Европската конвенција за човекови права (ЕКЧП) во 6 случаи, главно, во однос на правото на правично судење, процедурални права поврзани со апсење и лишување од слобода, како и на разумноста на притворот. (...) Земјата се обврза да плати 445 илјада евра во пријателски спогодби со овој суд, на тужители кои имаа поднесено жалби пред Европскиот суд за човекови права, а најголем број од нив се однесуваат на должината на судските постапки“, пишува во последниот Извештај за напредокот на Македонија кон ЕУ. Ова е втора најголема сума што Претставки до Македонија ја исплатила во една година, по оние права 640 илјади евра Претставки до Европскиот суд за човекови права исплатени во Вкупно Отштета што ја 2010 година. Година Предуси претставки платила РМ Сума сумарум, од 2003 година, кога 2013 345 9 445.000 евра стигнаа за наплата 2012 736 8 157.000 евра првите пресуди од 2011 1020 6 198.000 евра овој суд, грешките на македонското 2010 1029 15 640.000 евра судство ја чинат 2009 1077 17 нема податок државата околу 2 милиони евра. 2008 1030 15 нема податок Оти, до март 2007 980 17 нема податок месец 2013 година, според извештајот 2006 384 8 нема податок на владиниот Вкупно: 6601 95 агент, имало 91 конечна пресуда


Капитал број 793 09.01.2015

26

www.kapital.mk

политика

македонското судство од пред четири години. За тоа какво ни е судството денес, веројатно ќе знаеме по пресудите во наредните неколку години. Можеби состојбите сега се и полоши од тоа што во моментот ни го откриваат сегашните пресуди, можеби и не. Тоа допрва ќе го откриеме, велат експертите по право.

И Душко Млекарот и Рамковски побараа правда пред овој суд

Битолчанецот Душко Илиевски (Млекарот) и притворените со акцијата „Змиско око“ се само дел од граѓаните кои добија отштета од државата, по правдата побарана пред Европскиот суд за човекови права. Во моментот пред овој суд се води постапка и за поранешниот сопственик на А1 телевизија, Велија Рамковски, како и за неговата ќерка Емел Рамковски, кои се жалат на должината на притворот во случајот „Пајажина“. Според пресудата од Стразбур, Душко Млекарот ќе добие 6.500 евра отштета од државата за времето кое по грешка го помина зад решетки. За 38- те лица од акцијата „Змиско око“ ќе се исплати отштета од по 2.000 евра секој, за неоправдано држење во затвор. Дали и колку отштета ќе добие Рамковски и неговата ќерка, по истиот основ (должина на притвор) останува да се види, со оглед на тоа што овој предмет уште е во процедура. Последните информации се дека последната спогодба направена меѓу Владата и судот во Стразбур, а за случајот „Пајажина“, Рамковски ја отфрли, што значи случајот продолжува понатаму. Но, пресудите не застануваат тука. Минатата недела стигна уште една судска одлука од овој суд. Македонија ќе треба да плати оштета и на повеќе граѓани од Штип кои ја тужеле државата пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур за неможноста да добијат правично судење во разумен рок. Станува збор за постапка која траела 25 години. Отштетата според Судот за овој предмет се движи од 850 до 2.200 евра по лице, средства што треба да ги плати Македонија во наредните три месеци.

Должината на судските спорови се најголемата болка на македонското судство

О

ткако Македонија ја ратификуваше европската Конвенција за човекови права и основни слободи во 1997 година, меѓу апликаците од македонските граѓани доставени до Европскиот суд, но и меѓу неговите пресуди, доминираат оние кои се однесуваат на повреди на правото за правично судење, претежно на судењето во разумен рок. Во 2013 година овој суд разгледал 859 претставки, а донел 9 пресуди за Македонија. Дури пет од нив се однесуваат на должината на судските спорови, а во последно време доминира должината на притворот. Вкупниот износ со кој лани бил оптоварен Буџетот на државата изнесува 445 илјади евра. Препораките од Брисел во однос на овие процедури се дека „повеќе внимание треба да се посвети на заштита на процедуралните права поврзани со апсење, притвор и фер судење, во согласност со обврските на земјата кон Европската конвенција за човекови права. Налозите за притвор и негови екстензии треба целосно да се образложени во согласност со судската пракса на судот во Стразбур“, пишува во последниот Извештај за напредокот на Македонија кон ЕУ.


www.kapital.mk

Капитал број 793 09.01.2015

политика

27

Oru@jeto i agresijata stanuvaat se poglasni

Za lekuvawe na nacijata ]e treba politi^ka volja i vreme


Капитал број 793 09.01.2015

28

www.kapital.mk

политика

Најавите дека Владата проблемот кон кој за да се сврти вниманието требаше за две недели да се случат тројните убиства во Кавадарци и во Злетово, ќе го решава со менување на законите и на процедурите, покажуваат дека засега се мисли на лекување на симптомите. Но, бидејќи менувањето на општествените околности што го потенцираат ризикот од зголемување на бројот на психопатски структурирани личности бара време, оваа мерка, секако, мора да се преземе, за оружјето барем да стане што понедостапно пишува:

Максим Ристески

Ќ

maksim.risteski@kapital.mk

е беше доцна и ако се вклучеше алармот по тројното убиство во Кавадарци. Истоветното, пред с$, по бројот на жртвите, убиство во Злетово, случено само две недели подоцна, покажа дека аларм немало, барем не секаде кадешто требало да има. А, секако, не може да биде случајно што ваквите трагедии, причинети

Нелко Стојаноски социолог:

С

емејството како животна заедница е под влијание на социо-економските прилики, според старата изрека - ако гладта влезе низ вратата, љубовта бега низ пенџерето. Сиромаштијата која статистички, и на друг начин, може да се согледа во Македонија - осиромашувањето, од една страна, и енормното збогатување на една помала група, кои предизвикуваат социјално раслојување, влијае врз семејствата. со огнено оружје, кое и во двата случаи било поседувано легално, па дури и по службена должност, шокантно зачестија. При тоа треба да се има предвид дека факторите на влијание врз извршителите, како љубомората, брачните неверства, мешањето на поширокото семејство во бракот ... отсекогаш постоеле. Но, ваква фреквенција на „решавање“ на споменатите ситуации со пиштоли и калашникови немало. Варијаблата со која може да се објаснат околностите на двете тројни убиства, со кои продложи трагичната серија од летоска, кога во Вевчани и во скопската населба Аеродром имаше двојни убиства, се социјалните, економските, политичките прилики. А проблем е што какви и да се околностите, оружјето со кое се извршени убиствата им било достапно, како што рековме - во еден од случаите и по службена должност, на психопатски структурирани личности. Владата по трагедијата во Злетово донесе одлука да се формира Работна група со задача да ги разгледа околностите во кои едно лице по службен пат може да ракува со оружје. Како што информираше министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, новоформираното тело треба да дава предлози за заострување на процедурите, односно за попрецизно пропишување на постапката со лицата кои по службена должност ракуваат со оружје, а во случаите кадешто ќе постојат оперативни или конкретни сознанија дека тие се наклонети кон насилство или дека сториле кривично дело или прекршок со елементи на насилство. Во однос на случајот во Кавадарци, кадешто убиството беше извршено со

Методи Чепреганов невропсихијатар:

А

ко една личност не ги минала нормалните норми на зреење, во семејството, на улицата, во училиштето, тогаш се случува проблемот, а тоа е несозреана, психопатски структурирана личност, чиј главен адут се оружјето и агресијата. Сопствената интелектуална немоќ се заменува со агресија. Тоа се луѓе кои немаат интелектуална моќ за да го решат проблемот со разговор, со покажување почит, разбирање, доверба, и што е најважно, со толеранција.

приватно оружје поседувано со дозвола, министерката оцени дека регулативата предвидува строги механизми што би требало да гарантираат добар систем на контрола на профилот на лицата кои поседуваат приватно оружје. Вината МВР ја лоцираше кај свои вработени, кои не му го одзеле оружјето на трикратниот убиец, иако знале дека против него е поднесена кривична пријава за дело кое вклучувало елементи на насилство. Најавите дека Владата проблемот ќе го решава со менување на законите, односно на процедурите, упатените ги сметаат за промашување на суштината на проблемот. Зашто ова мерка, секако, мораше да се преземе, но, таа лекува само симптоми. „Законската регулатива од оваа област е релативно солидна. Велам релативно, зашто никогаш не ги правиме работите до крај. И да препишете закон за оружје од некои држави кадешто тој добро функционира, резултатот нема да го постигнете ако не го хармонизирате со соодветните закони од другиот дел на легислативата. Понатаму, имаме ситуација кога законот се применува селективно. Кај одредени луѓе има чувство не неказнивост, особено кај оние кои се блиски до структурите на моќ во земјата. Поради тоа, легалното оружје е полетално во последно време, од нелегалното“, изјави за „Капитал“ претседателот на невладината организација „Цивил“, кој долго е и активист за контрола на оружјето, Џабир Дерала, загатнувајќи со последната реченица еден индикативен аспект на проблемот. Според него, многу е чудно што во последно време, и во конкретните околности во Македонија, поголем број убиства се извршени со легално, отколку со нелегално оружје. „Безбедносната слика во земјата е загрижувачка, зашто не верувам дека при толку убиства со легално оружје во последно време, нелегалното оружје може да биде толку тивко. Извесно е дека има многу нелегално оружје. Обично размерот во другите земји меѓу активноста на легалното и нелегалното оружје, особено во една кревка општествена ситуација, покажува дека барем двојно погласно е нелегалното оружје. Претпоставувам дека се случуваат инциденти и трагедии за кои ние не знаеме. Овде не зборувам за некакви конспирации. Во земјата има зголемена култура на насилство, и ова не е само полициски проблем. С$ додека ја сметаме МВР за единствена одговорна


www.kapital.mk

Капитал број 793 09.01.2015

политика Џабир Дерала НВО „Цивил“:

Н

е верувам дека при толку убиства со легално оружје во последно време, нелегалното оружје може да биде толку тивко. Извесно е дека има многу нелегално оружје. Обично размерот во другите земји меѓу активноста на легалното и на нелегалното оружје, особено во една кревка општествена ситуација, покажува дека барем двојно е погласно нелегалното оружје. институција за овој проблем, тој ќе се зголемува“, смета Дерала. Тој наведува проценка дека во Македонија има од 110 до 170 илјади поседувачи на нелегално оружје. Проценката е уште од 2003 година, но, сеуште се оперира со оваа бројка, бидејќи не бил забележан некој посебен тренд на промени. „Ако во 2003 (по воениот конфликт, н.з.) беше поверојатно да има 170 илјади, сега можеме да кажеме дека бројката е некаде на средина, меѓу 110 и 170 илјади. Оваа проценка се базира на информации од Обединетите нации, од ОБСЕ, од јавно достапни разузнавачки податоци, од институти и други организации кои се занимаваат со оваа проблематика“, вели Дерала. Професорот по безбедност, Владимир Пивоваров, се сложува дека бројката на нелегално оружје не се менува значајно со години, а проблемот е што по смирувањето на воените конфликти во регионот шверцерите го продаваат оружјето по багателни цени, при што не ги интересира кои се купувачите. Кај легалното оружје, се користи податок од 2013 година, според кој во Македонија, по сите основи, се регистрирани 178.207 парчиња. Од Министерството за внатрешни работи ни одговорија дека вкупна бројка на легално поседувано оружје немаат, но ни испратија податоци за тоа по колку дозволи издавале годишно, од кои може да се види дека од 2004 година до сега (заклучно со септември) вкупно 24.529 парчиња оружје се регистрирани на име на физички лица. Последните повеќекратни убиства неодложно го поставија прашањето за подобноста на лицата на кои им се дозволува да располагаат со огнено оружје. Особено на оние од кои очекуваме да се грижат за безбедноста, како полицајците и

војниците - припадник на Армијата на Република Македонија беше убиецот од Злетово.

Незрела нација: Силно суперего - рудиментирано его

Објаснување за застрашувачкиот број на убиства кои за кратко време се случија во малата европска држава Македонија, побаравме од искусниот, реномиран невропсихијатар, професор д-р Методи Чепреганов. Тој во последните настани, но и во поширокиот контекст во земјата, гледа последици од дефектите настанати во процесот на созревање на луѓето што ја прават нацијата. „Психопрофилот на една нација, на еден народ, на еден човек, е процес кој се гради многу години. Матурацијата на личноста, созревањето, значи инкорпорација во таа личност на социјални, на морални, на етички и на духовни норми - последново во Македонија е многу битно, бидејќи религијата го одржала овој народ, и што е најважно - знаења - воспитание и едукација. Ова подразбира процес што почнува од првиот здив, кога човек ќе се роди, од мајката, од таткото, од дедото, од бабата, од средината во која живее, од училиштето, од професорите, од земјата во која се раѓа - од економските и од сите други социјални фактори“, вели Чепреганов. Од текот на овој процес зависи дали личноста ќе созрее, ќе биде зрела, со капацитет да гради интерперсонални односи, односно да негува екологија на духот. „Ако една личност не ги минала нормалните норми на зреење, во семејството, на улицата, во училиштето, тогаш се случува проблемот, а тоа е несозреана, психопатски структурирана личност, чиј главен адут се оружјето и агресијата. Сопствената интелектуална немоќ се заменува со агресија. Тоа се луѓе кои немаат интелектуална моќ за

29

да го решат проблемот со разговор, со покажување почит, разбирање, доверба, и што е најважно, со толеранција. За жал, во Македонија доминира незрелоста. Нашиот народ е незрел. Зашто околностите во сите векови биле такви - влијаеле кај голем дел од луѓето да се создаде строго, многу силно суперего, а нивното его е рудиментарно. Два се главните проблеми - првиот е егзистенцијалниот (стресоген фактор што со години тлее и на крајот резултира со психо-соматска болест), а вториот е ерозија на интелектуалната вредност“, вели Чепреганов, потенцирајќи дека треба повеќе да се внимава во полицијата и во армијата да не влегуваат несозреани личности. Егзистенцијалниот проблем чие вистинско име е сиромаштија, како фактор за одредени личности да преминат и преку најшироката граница на она што се смета за рационално решавање на проблемите од секојдневието, ја потенцира и професорот по социологија, д-р Нелко Стојаноски. Иако, смета дека не може да се зборува за директна врска меѓу убиствата во Кавадарци и во Злетово со социо-економските фактори, с$ дури не се знат материјалните услови во кои живееле нивните семејства. „Не е ново социо-економските фактори да се доведат во врска со која и да е криминална дејност. Но, конкретните случаи во Кавадарци и во Злетово, барем од она што имав можност да го следам во печатот, немаат директна врска со социо-економските фактори. Овде повеќе се работи за емотивни недоразбирања, мешања на семејствата. Според едно мое истражување, 45% од разводите се резултат на мешањето на родителите во брачните односи. Иако, кога се работи општо за семејството како животна заедница, тоа е под влијание на социо-економските прилики, според старата изрека - ако гладта влезе низ вратата, љубовта бега низ пенџерето Сиромаштијата која статистички и на друг начин може да се согледа во Македонија - осиромашувањето, од една страна, и енормното збогатување на една помала група, кои предизвикуваат социјално раслојување, влијае врз семејствата. Кога би се знаеле материјалните услови во семејствата од конкретните случи би можело да се изведе заклучок и за влијанието на споменатите социо-економски фактори“, изјави Стојаноски за „Капитал“.


Капитал број 793 09.01.2015

30

www.kapital.mk

Балкан бизнис и политика

Андреја Шкофич

Даниела Фишаков

В

“Предностите во Србија се едноставна процедура за отворање фирма, евтина и образована работна сила, 15% данок на добивка, субвенции за нови работни места, подобрен бизнис амбиент, договорите за слободна трговија, пред с$ со Русија, Белорусија, Казахстан, Турција...

Клањшчек, Deloitte, Словенија

Словенечки деловен клуб во Србија

о смисла на постапка за основање компанија, кај а.д. таа е доста едноставна, можно е бесплатно да се основа со помош на онлајн порталот eVem. Инаку, законодавствата во земјите од поранешна Југославија се споредливи со нашето, затоа што се темелат на иста правна традиција.

za Anali na al Kapit

Kade da se otvori firma vo regionot i zo[to? пишува:

Игор Петровски

igor.petrovski@kapital.mk

Бизнис плус фотографија:

В

фотоархива на Капитал

о последните неколку извештаи за конкурентноста што ги објавува Светскиот економски форум, најдобрите оценки Македонија ги има за ниските даноци, времето потребно за стартување на бизнис, заштита на правата на инвеститорите, даночните олеснувања, добриот сооднос на платата и продуктивноста. Меѓутоа, лошо котираме кај параметрите како што е квалитетот на транспортната инфраструктура, довербата на

јавноста во политичарите, независноста на судството, фаворизирање во донесувањето одлуки од страна на владините институции, постоење на пазарни монополи, итн. Овие извештаи н$ поттикнаа да направиме едно компаративно истражување со помош на нашите колеги од регионалната медиумска платформа Бизнис плус и да

видиме реално на терен како изгледаат условите за почнување и водење бизнис. Во редакциите на Бизнис плус во Словенија, Хрватска, БиХ, Србија, Црна Гора и Македонија ги споредивме условите за отворање на фирми, друштва со ограничена одговорност – д.о.о и акционерски друштва – а.д., во овие земји. За мислење прашавме

Македонија КАДЕ ДА СЕ ОТВОРИ ФИРМА

Централниот регистар (www.crm.com.mk)

Колку трае регистрацијата Минимален потребен капитал за Д.О.О. (во евра)

Еден ден 5.000

Останати минимални трошоци за отворање фирма (во евра) Данок на добивка (во %) Минимална нето/бруто плата (во евра)

10 131/206

*Бруто е ист за цела Хрватска, додека нето е различен заради различни давачки - во Загреб е најголем **За минималната плата одреден е само нето износ, на брутото е пресметан 43% данок и придонеси ***Пропишана е минимална нето сатница од 115 динари и пресметката е за 20 работни денови во месецот


www.kapital.mk

Капитал број 793 09.01.2015

31

Игор Гавран

Љубо Јурчиќ

Д

озитивната работа во Хрватска за странците што овде П сакаат да отворат фирма е дека данокот на добивка (20%) е меѓу пониските во Европа и дека на компаниите

професор на Економски факултет, Загреб

економски аналитичар, Босна и Херцеговина

околку фирмата се занимава со бизнис што користи суровини што во БиХ ги има, тогаш може да биде поповолно за неа, но и за домашното население.

во странска сопственост им е слободно изнесувањето на добивката од земјата. Добри се и книговодствените и ревизорските услуги, што се со меѓународен стандард на квалитет, но сепак поевтини од други земји во Европа.

Во Словенија се отвора фирма за еден ден, во БиХ за 15. Минимален капитал за Д.О.О во Црна Гора, Србија и Хрватска е едно евро, во Македонија 5000 евра, во Словенија 7.500 евра. Најмалку данок на добивка ќе платите во Црна Гора (9%), Македонија и БиХ (10%), додека најмногу во Хрватска (20%)

бизнисмени и аналитичари. Видовме кои држави овозможуваат електронска регистрација на компаниите, колку минимално требаат време и пари за отворање на фирма и некои други споредливи податоци. Треба да се спомене и дека во сите држави може да се најде опис на постапките за регистрација

Секаде компаниите и понатаму се соочуваат со претерани административни препреки и барања што ја кочат конкурентноста, вели Андреја Шкофич- Клањшчек, раководителка на даночната и правната служба во Deloitte во Словенија. Економскиот аналитичар од БиХ, Игор Гавран, вели дека оваа држава не е баш најпогодно тло за отворање фирма. “Условите за бизнис овде се многу лоши ако се гледаат административните аспекти. Ризици постојат и при учеството во приватизацијата на некои компании, затоа што секогаш може да се појави некој проблем, некоја нерешена ситуација“. Во Србија пак, голем проблем е финансиската некултура, вели претседателката на Словенечкиот деловен клуб во Србија, Данијела Фишаков. Бизнисмените не може да се потпрат ниту на бавните судови, се согласува директорот на компанијата Цитадел, Милутин Николиќ, и верува дека работната сила е евтина и достапна, но не е доволно образована. “Така што не сум сигурен дека е тоа нашата инвестициска предност“, вели

за идниот бизнисмен однапред да може да ја подготви потребната документација.

На што да се обрне внимание кај бизнисот

Бизнисмените и аналитичарите исто така ги истакнаа недостатоците на деловното окружување во своите земји.

Словенија

Хрватска

Србија

БиХ

Црна Гора

Д.О.О.Е.Л преку порталот е-VEM или кај нотар, Д.О.О и А.Д. кај нотар

Преку порталот е-tvrtka.hr или кај нотар; А.Д. кај нотар

Агенција за стопански регистри (www.apr.gov.rs)

Надлежни општински служби (Служба за економски односи, Служба за стопанство, Општински суд...)

Порталот на електронската управа www.euprava.me; Централниот регистар)

Еден ден

Еден ден

Пет дена

15 дена

Четири дена

7.500

1,3

0,85

1.000

1

околу 400

107

50

околу 400

22

17

20 310 во Загреб*/393 за цела Хрватска

557/784

15

10

9

157/210**

175/267

193/276***


Капитал број 793 09.01.2015

www.kapital.mk

32

Милутин Љумовиќ

сопственик на Камекс, Црна Гора

еодамна се усвоени законските Н измени со кои што се скратија роковите за плаќање и тоа би можело

да биде дел од решението доколку се почитуваат и ако државните служби и судови бидат ажурни.

Николиќ.

Јурчиќ: “Капиталот во Хрватска е скап“

Проблемите со судовите и платежната дисциплина ги истакнува и црногорскиот бизнисмен Милутин Љумовиќ, сопственик на компанијата Камекс. Тој тврди дека во Црна Гора е создаден амбиент за измамници и дека само таквите можат да бидат задоволни со окружувањето во кое работат црногорските фирми. Тамошната економија стагнира, вели тој. И хрватската економија стагнира, смета професорот на загрепскиот Економски факултет, Љубо Јурчиќ

Искористете ги субвенциите и олеснувањата Словенија, на пример, за прва постојана работа на неопределено време, секако под определени услови, овозможува поврат на придонесите за пензиско и инвалидско осигурување, делумно ослободува од плаќање придонеси за постари работници, самовработени, даночни олеснувања и сл. Листата на опции може да ги видите на www.durs.si. Македонија има неколку програми за стимулација и олеснување на самовработување (www.samovrabotuvanje.mk), стимулации за компании што отвораат нови работни места (www.avrm.gov. mk) Можностите за стимулации во Хрватска треба да се проверат кај секоја институција посебно, на пример на интернет страниците на Министерството за претприемништво и мал бизнис (www.minpro.hr), Агенцијата за мало стопанство и инвестиции (www.hamaginvest.hr), Хрватската стопанска комора (www. hgk.hr), и други.

Црна Гора и бизнис зоните

Слично е и во Црна Гора каде што владата нуди олеснувања за домашните и странските инвеститори. До сега осум општини донеле одлуки за прогласување на деловни зони отворени за вложувања, и тоа Беране, Колашин, Мојковац, Бијело Поље, Никшиќ, Цетиње, Улцињ и Подгорица. Србија, меѓу другото нуди можности за неплаќање данок на добивка за компании што инвестираат повеќе од седум милиони евра и што вработуваат најмалку 100 луѓе, а нуди и кредити и погодности за гринфилд инвестиции. Прегледен водич за инвеститорите подготви и Српската

стопанска комора (www.oks.rs). Македонија исто така нуди дузина погодности за странските инвеститори во т.н. технолошкоиндустриски развојни зони, како што е 10 годишни ослободувања од даночни обврски, бесплатни приклучоци за инфраструктура, царинско ослободување за увезената опрема и суровини, итн. За сите поволности за странските инвеститори може да се прочита на интернет страниците на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони (www.fez.gov.mk), како и Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот (www.investinmacedonia.mk).

Кај да се побараат меѓудржавни договори за полесно работење

Со влезот во ЕУ секоја нова членка ја презема заедничката надворешнотрговска политика, па така Словенија и Хрватска излегоа од Европската зона за слободна трговија – ЕФТА, и Средноевропскиот договор за слободна трговија – ЦЕФТА, и станаа договорни страни на сите преференцијални трговски договори што ЕУ ги склучила со трети држави. Подетални информации има на интернет страницата на словенечката агенција за поттикнување на претприемништвото, иновативноста, развојот, инвестициите и туризмот (www.spiritslovenia.si), a во Хрватска на страниците на државното биро за трговска политика (www.dutp.hr), како и Министерството за надворешни работи (www.mvep.hr).

Преку Србија во Русија

За ЕУ се важечки трговските договори со трети земји, со Црна Гора и Македонија на пример, Договорот за стабилизација и асоцијација (ДСА), кој што носи подобрување на условите за увоз и извоз со ЕУ и пониски царини. Дополнителниот протокол на ДСА во случајот на Србија овозможува понатамошна либерализација на трговијата за европски земјоделскопрехранбени производи, а за БиХ е важечка Привремениот договор за трговија и трговски прашања со ЕУ, а се очекува дека ќе се договори и дополнителен протокол. Во случајот на Србија треба да се спомне и Договорот за слободна трговија со Русија од август 2000 година. Србија е, ако не се сметаат некои земји од поранешен СССР, единствена европска земја што има таков договор со Русија.


1 2 3 1

! " "# $

" %&$ ' $(&$) *+ )&, $&( "+- * .+/& % . 0&* 4 3 4


Капитал број 793 09.01.2015

34

www.kapital.mk

Свет бизнис и политика

Pa\awe na rusk Руските милијардери годинава загубија неверојатни 50 милијарди долари. Влијанието на западните санкции и падот на цената на нафтата ги покоси сметките на најбогатите Руси. Еве колку пари тие загубија годинава.

1.

Леонид Михелсон

Претседателот на руската енергетска компанија „Новатек“ дефинитивно е најголем губитник. Како клучен производител на гас, „Новатек“ беше една од првите компании на удар на санкциите по путиновите напади на Украина. Михелсоновото портфолио оттогаш загуби скоро 50% од вредноста, а олигархот остана покус за 8,7 милијарди долари.

3.

Владимир Лисин

Претседателот и најголемиот акционер на компанијата „Новолипетск Стил“, некогаш најбогатиот Русин, е познат љубител на оружје, и сопственик на скапоцена колекција на пушки. Претседателот на Рускиот олимписки комитет и на Европската стрелачка федерација, загуби половина од вредноста на своето портфолио, исто како и Михелсон, а во случајот на Лисин тоа изнесува 7 милијарди долари.

2.

Сергеј Галицки

Основачот на најголемиот руски малопродажен синџир „Магнит“, и легендарниот љубител на рускиот фудбал, кој на својот локален клуб „Краснодар“ му изгради стадион и спортска академија за 250 милиони долари, оваа година изгуби 5 милијарди долари. Падот на цената на рубљата го чинеше 855 милиони долари.

4.

Вагит Алекперов

Претседателот на рускиот нафтен гигант „Лукоил“, и поранешен советски министер за енергетика, оваа година загуби 40% од богатството, или 4,9 милијарди долари. „Лукоил“ беше прва приватна компанија на листата цели на западните санкции.


www.kapital.mk

Капитал број 793 09.01.2015

Свет бизнис и политика

35

skite oligarsi 7.

Андреј Мељниченко

Големиот сопственик на рудник и сопруг на поранешната српска манекенка Александра Николиќ, загуби скоро 40% од богатството, или 5,8 милијарди долари. Но, уште не е толку финансиски лош за да мора да ја продаде својата јахта „А“ вредна 300 милиони долари, една од најимпресивните приватни јахти кои пловат по светските мориња.

8.

Владимир Потањин

Поранешниот потпретседател на владата и претседател на најголемиот светски производител на никел, компанијата „Норилск Никел“, загуби 20% од богатството, или 2,8 милијарди долари. Потањин беше еден од најжестоките заговорници на зимската Олимпијада во Сочи 2014 година и вложи огромни пари во развојот на олимпиското село.

9.

Михаил Прохоров

Претседателот на фабриката „Онексимс“ со уделот во руските банки, енергетските компании и рудници, загуби 2,4 милијарди долари. Уште има можност да го задржи кошаркарскиот клуб „Бруклин Нетс“, но, размислува за преселување надвор од САД (во Русија) на фабриката која го контролира овој НБА клуб. Така би излегол во пресрет на повикот на рускиот претседател Владимир Путин до олигарсите, што повеќе од своите компании да ги вратат во Русија.

5.

Алишер Усманов

Сопственикот на дневниот весник „Комерсант“ и магнатот на руската металуршка индустрија, загуби 6,4 милијарди долари оваа година. Најмногу го чинеше падот на вредноста на уделот од 48% во најголемиот руски производител на железо, „Металоинвест“. На овој претседател на Меѓународната мечувалска федерација за утеха му остана уделот во Твитер, во сајтот „Аирбнб“ и косопственоста во британскиот фудбалскиот клуб „Арсенал“.

6.

Микхаил Фридман

Инвестицискиот могул што се збогати на продажбата на заедничкиот потфат „ТНКБП“ на компанијата „Росњефт“, остана без 3,5 милијарди долари. Нови проблеми му носи с$ понестабилниот руски банкарски систем, бидејќи Фридман со партнерот Герман Кан го има контролниот пакет во најголемата руска приватна банка „Алфа Банк“.

10.

Герман Кан

Партнерот на Микхаил Фридман во најголемата руска приватна банка „Алфа Банк“ го продаде својот дел од заедничкиот потфат „ТНК-БП“ на компанијата „Росњефт“ за 3,3 милијарди долари. Оваа година остана без 2,5 милијарди, или без 22% од своето богатство.


Капитал број 793 09.01.2015

36

www.kapital.mk

CEO Profile и го врати статусот на светски водечка компанија во секторот на производство на камиони. Овој Швеѓанец беше поставен за извршен директор во септември 2011, и три години подоцна изгледа дека неговото поставување беше паметен чекор. „Истовремено ми е чест и предизвик да ја имам оваа можност да бидам на чело на најголемата шведска компанија“, рече Олоф Персон непосредно по назначувањето. “Volvo е компанија со одлично знаење и посветени вработени, со уникатна култура и многу силни и одлични брендови и со нетрпение чекам да започнам со работа“, рече тој. Меѓутоа, од тој момент до денес, компанијата ги почувствува на секој начин болките од процесот на постигнување на целите зацртани до 2015 години, а кои се однесуваат на намалување на трошоците, како и намалувањето на вработените за 4.400 од вкупно 115.000.

Мајстор за реструктуирање

Олоф Персон Volvo Group

Vra]awe na stariot sjaj

И

звршниот директор на Volvo Group, Олоф Персон е предводник на едно од најамбициозните освежувања на компанијата

последниве децении, а засега успеа да ги постави јасно и силно целите на оваа компанија. Речиси еден век од основањето и само неколку години откако

почна финансиската криза, многумина се надеваат дека ветеранот на Volvo Персон може да ја врати оваа мултинационална компанија назад на вистинскиот пат и да

Без разлика на тешките жртви направени до сега, Персон се уште на изненадување на многумина останува популарен бизнис лидер, и продолжува да ја зајакнува надежта за повторен успех на Волво, што се должи на неговата докажана способност да ги води компаниите низ турбулентни времиња. Она во што досега тој се докажа е неговиот уникатен начин на реструктуирање, а неговото назначување како извршен директор дојде сосема природно, откако беше повеќе од успешен во одделот на Volvo за градежни возила, каде значајно придонесе за ширење на компанијата за четири години. „Олоф Персон се покажа како одличен, прво како претседател на Volvo Aero, а потоа и на Volvo Construction Equipment“, изјави Луис Швајцер, претседател на бордот на Volvo. „Додека го водеше одделот за градежни возила, среде финансиската криза, тој успеа во реструктуирањето на компанијата и го направи овој оддел еден од најуспешните во оваа индустрија, и во поглед на профитот и во зголемување на производството - а ова воопшто не е мало достигнување“, рече Швајцер. Успешното минато на Персон не е единствената причина


www.kapital.mk

Капитал број 793 09.01.2015

CEO Profile

37

Volvo Group во бројки

1915 година основана 1 15.000 вработени 29 милијарди евра

приходи од продажба во 2013

404,7 милиони евра

нето добивка во 2013 што го направи идеален кандидат за позицијата извршен директор, туку многу повеќе, фактот што неговото искуство во Volvo оди назад до 2006 година, кое беше од витално значење за разбирање и промовирање на новиот начин на работа, таканаречен „Volvo way“. Врз основа на неговото изминато искуство во одделот за градежни возила, планот на Персон е да ги постигне највисоките оперативни маржи во светот кога станува збор за производство на тешка опрема, и да направи колку што е можно повеќе структурни промени кои тој ги смета за многу важни за иднината на компанијата. Врз основа на ова, следните години најверојатно ќе бидат карактеризирани со структурни промени, затоа што Персон се обидува да го зголеми профитот на компанијата и да ја модернизира фирмата.

Приоритет се камионите

Во последните месеци, Volvo лансираше нов асортиман камиони во Европа, и влезе во заедничка инвестиција со кинеската Dongfeng Motor Group за да се подобри

бизнисот со средните и тешки комерцијални возила и да го прошират своето влијание на пазарот во Кина. Како и да е, новите амбициозни проекти не дојдоа без жртва. „Годината што ја оставивме зад нас беше карактеризирана со лансирање на нови продукти, кои бараа многу тешка работа во сите делови од компанијата и кои ги зголемија трошоците на фирмата“, напиша Персон при оценувањето на четвртиот квартал, но и во годишниот извештај за 2013 година. „Иако с$ уште имаме неколку квартали пред нас пред да преминеме во најголемото обновување на продуктите до сега, сепак оваа година ќе биде карактеризирана со ефективни одлуки, кои вклучуваат и намалување на активностите и трошоците, како и намалување на персоналот. Ова ќе игра огромна улога во работата со цел да се достигнат зацртаните стратегиски и финансиски цели“, напиша тој. Volvo Group поминува низ прилично лош период во моментов, но довербата во производителот е се уште доста висока. Првичната цел на Персон

отсега натаму е Volvo да се фокусира на својот основен бизнис, и да заврши со сите работи кои се неефикасни. Накусо, стратегијата на новиот извршен директор не е да се направи брз пресврт, туку да се направат систематски промени и со тоа постепено да се зголемува оперативните маржа на компанијата.

Враќање на репутацијата

Меѓутоа, јасно е дека инвеститорите почнуваат да губат трпение со овој чекор-по-чекор пристап на Volvo, што најдобро се гледа преку цената на акциите на компанијата, кои паднаа за 8% само во 2013 година. Сепак, Персон се чини убеден дека ќе успее да направи успех и дека ќе ја зголеми оперативната маржа на компанија за 3% во 2015 година. Секако, цената на акциите на Volvo Group беше намалена, но сепак се уште има неколку причини за славење, меѓу нив е четвртиот квартал од 2013 година во кој оперативната маржа забележа подобрување од 4% во споредба со изминатата година, а нето набавките пораснаа за 12%. Сето ова придонесе да пораснат акциите на Volvo за

4% во почетокот на февруари, што направи изненадувачки позитивен старт на почетокот од годината за оваа компанија. „Во 2014 година влеговме со ново портфолио на продукти што ќе ја зајакнат конкурентноста на Групата“, рече Персон. „Очекуваме подобрување на побарувачката, особено во Кина и во Европа. Видовме одредено зголемување на активностите во пролетната сезона кога нашите нарачки пораснаа за 7% споредено со истиот период лани, каде генерално секторот за производството на возила со примена во градежништвото беше најдобар и најзаслужен за подобрувањата во бизнисот“, рече тој. Со оглед на тоа дека компанијата може да ги искористи новите можности во Кина, проширениот асортиман на продукти, како и новата структура на компанијата, не постои причина зошто Volvo не може да биде најголемиот производител на камиони пред Isuzu, Daimler, Toyota и Volkswagen. И ако на ова се додаде докажаното искуство на Персон во слични тешки ситуации, перспективите на компанијата изгледаат повеќе од ветувачки.


38

10

карактеристики на одличен шеф

P како да станете одличен шеф? В

еројатно сте ја слушнале онаа познатата, луѓето не си даваат отказ, тие напуштаат работа поради своите шефови. Слабото лидерство може да води до слаби резултати.

1 2

Размислувајте позитивно

Р

азберете ја моќта на позитивната психологија, гледајте на секоја ситуација како можност да научите повеќе. Без разлика на ситуацијата или типот на проблемите кои моментално ги имате, запомнете, ако имате одличен лидер кој е оптимист, тоа ја прави атмосферата многу подобра за работа.

Искреноста е најдобрата политика ажно е да бидете транспарентен и искрен со вработените. В Добрите шефови имаат такви вештини со кои секогаш им ја кажуваат вистината на луѓето, без разлика дали е добра или

лоша. Отвореноста е тешка работа, и таа тешко се наоѓа во традиционалната работна средина, но нивните компании веруваат дека таа е основа на хиерархијата.

3

Делегирајте обврски

Комуникацијата е најдобра вештина за секој лидер

роблемите во една организација најчесто се поради недостаток П од комуникација. Добрите шефови знаат кога да зборуваат, но уште поважно, кога да не зборуваат. Тие исто така знаат како да зборуваат кон своите вработени и да ги расчистат проблемите кои можат да постојат во канцеларијата.

5

Знаат како да инспирираат

обрите шефови знаат како да ги инспирираат вработените. Д Понекогаш дури и не се свесни за тоа. Како и да е, она што ги прави нив одлични е фактот што кога има голем момент, тие

знаат како да реагираат и како да ги научат вработените како да реагираат во таквите моменти.

6

Подредете го тимот

ржете го целиот тим фокусиран, и подреден кон една Д долгорочна цел. Важно е секој да знае што прави и кој резултат се очекува од тоа. Важно е секој вработен да е вклучен и да е организиран во однос на знаењата, визијата и целите на организацијата.

7

Дајте пофалби секогаш кога тоа е потребно ако лидер, многу е важно вработените К да го добиваат респектирањето што го заслужуваат. Затоа дајте пофалби секогаш кога тоа е потребно и тоа да го препознаат вработените.

9

Охрабрете го растот

астот може да дојде на многу начини. Р Најчесто зборуваме не сме успеале на нашите позиции. Лидерите го поттикнува

растот и им даваат до знаење на вработени дека имаат можност да учат од нивните грешки, отколку да се плашат од тоа што ги направиле.

ошо а доколку шефот само ги подели обврските кон луѓето без Л некој логичен редослед или организација. Она што можете да 0 Ценете ги вашите го заклучите од добрите шефови е дека тие ја делегираат работата 1 соодветно, бидејќи тие ги знаат добрите или послабите страни на своите вработени.

4

8

Токму затоа е важно да бидете одличен шеф/менаџер кој ќе ги води останатите и ќе ги прави сите околу него подобро на дневна основа.

Промовирајте работен баланс

ва не е само карактеристика на добрите шефови туку и на О добрите компании. Дозволете им на вашите вработени да имаат баланс меѓу нивната работа и нивниот приватен живот дозволете им да бидат во мир и да знаат дека се нешто повеќе од обичен вработен, туку дека се од голема вредност за самата компанија.

вработени

окажете дека ги цените вашите П вработени, дури и за мали работи кои ги прават тие. И малку пофалба се памти на долг пат. Пофалете ги гласно и дадете им до знаење дека ги прават работите на правиот начин. Ова се смета за врвна вештина на лидерите преку кој вработените ќе станат подобро и ќе бидат со повеќе доверба.


10

карактеристики на лош шеф

O Што ве прави лош шеф? С

игурно секој од нас се соочил со ваков шеф. Тип на шеф кој ја прави вашата работа неподнослива до тој степен што се чувствувате дека сакате да заминете во секој момент.

1

2

3

Контролира

П

остои јасна разлика меѓу шеф и лидер. Добриот лидер знае како да ги мотивира луѓето и да ги направи вработените околу него подобри. Лошиот шеф повеќе сака да контролира и да делегира работи, тој се фокусира само да ги оптовари со обврски вработените без да им објасни зошто го прави тоа.

4 5

6

7

ефот кој постојано ја надгледува работата што ја прават Ш неговите подредени е лош шеф. Така ги демотивира вработените и го уништува квалитетот на нивната работа.

Влева страв

вие тактики можеби беа добри порано, но денес нема место О за вакво однесување на лидерот. Прототипот на модерниот работен ден е многу повеќе либерален и стравот не се користи од

Фаворизира

ема место за непотизам во работната средина. Добрите Н шефови не треба да имаат омилени ликови во канцеларијата, особено ако сакаат некого да промовираат на подобра позиција. Менаџерот може да биде пријател со вработените, но треба да знае кога треба да се одвои личното пријателство од бизнисот.

8

Арогантен е

лично како и тврдоглавоста, ароганцијата може да ја уништи С работната атмосфера. Лошите шефови ќе го носат тоа лошо однесување што ги прави да изгледаат како најмоќните луѓе на светот. Но тоа е погрешно. Нема место за вакво однесување во канцеларијата, а добрите лидери своето его го оставаат зад вратата.

9 скршат духот на одделот во кој работат и тоа да влијае лошо за растот на компанијата.

Микроменаџира

страна на менаџментот. Сите сме ги гледале тие стари филмови каде менаџментот им се заканува на вработените со отказ доколку не завршат одредена задача.

Тврдоглав е

да слушнат друго размислување, и покажуваат незаинтересираност кон потенцијално добра идеја... или на крај ја земаат заслугата за истата. Тврдоглавите менаџери може да го

ошите менаџери најчесто стагнираат и не сакаат промени во Л канцеларијата. Луѓето генерално не сакаат да прават нешто што бара промени, сепак, тоа што менаџерите не сакаат промени

Најдобрите места за работа се таму каде што се поттикнува автономноста на вработените и им се дава слобода да ги завршат задачите онака како што сметаат дека треба да бидат завршени.

Л

ие секогаш Т веруваат дека се во право, не сакаат

Не сака промени

може да биде лошо по самата компанија.

Неодлучeн е

ошите менаџери можат да бидат неодлучни кога треба да се заврши некоја работа. Ова е поради тоа што не ја анализираат ситуацијата доволно за да видат каков би бил резултатот на крај. Тие мислат дека се потребни само „добри идеи“ и се водат само од нив, без да се разгледаат добрите и лошите страни на таа идеја.

За жал, постојат многу лоши шефови и можат да ги направат дури и најзабавните работи да изгледаат застрашувачки.

Префрлање на вината

ва личи на некој кој се правда цело време во канцеларијата. О Овој вид на менаџер секогаш ќе сака вината да ја префрли на некој друг место врз себе. Лидерот кој ја префрла вината секогаш ќе ги анализира работите кои не се завршиле како што треба и вината ќе им ја префрли на вработените.

10

Водени се од емоции

а крајот, лошиот шеф е воден од емоции. Една работа е да се Н направат неколку одлуки базирани на доверба или на чувство, сепак, друго е само да се направи нешто а да нема доволно аргументи зошто се прави тоа. Добрите лидери најчесто ги носат одлуките базирани на доволно податоци кои ги потврдуваат нивните размислувања.

39


Капитал број 793 09.01.2015

40

www.kapital.mk

свет

nska i t a L I ka si i r e m A oja v s a m i ija r a c j a [v Кога во земјава се зборува за успешни демократски држави и општества, најчест синоним ни се западноевропските држави и големата федерација преку барата - САД. Но светот крие многу успешни приказни на мали и не така популарни држави. Во пошироката јавност, Уругвај можеби е најпознат по својата фудбалска репрезентација, а во поново време стана актуелен и заради претседателот Хозе Мухика, или ’најсиромашниот претседател во светот’, но факт е дека оваа држава го заслужува светското внимание и по многу други фактори. За почетокот доволно е да се знае дека Уругвај има само 6% невработеност и дека поради почитување на демократските вредности и слободи таа денес е нарекувана „Швајцарија во Латинска Америка“

Urugvaj - usp so siroma[e пишува:

Габриела Делова

gabriela.delova@kapital.mk

фотографија:

В

фотоархива на Капитал

о услови кога светската политичка сцена се соочува со сериозна криза, истакнувајќи го повеќе своето лошо лице, изразено преку кратковидоста на светските лидери да ја предвидат и надминат економската криза, се поголемата присутност на корупцијата меѓу политичарите, зачестените војни на неколку континентни во светот и неуспехот на дипломатија, лесно доаѓаат во вид, политичарите, кои иако се реткост, сепак успеваат да покажат дека и политиката може да биде хумана и благородна професија. Така, во светско опкружување чиј предзнак (барем во моментот) е лошо и непопуларно владеење, лесно се наметна името и начинот на владеење на претседател на една, мала и далечна од нас земја, Уругвај. Хозе Мухика, уругвајскиот претседател, по преземањето на претседателското столче во 2010 година, набрзо го доби светското внимание, преку градење на уникатен имиџ на

владеење, кој му го даде епитетот најсиромашен претседател во светот. Ова, поради фактот што 90% од својата претседателска плата ја донира во добротворни цели. Деновиве, тој е повторно актуелен. За неговата „Буба“ од 1987 година тој доби понуда од 1 милион долари од еден арапски шеик. Имено овој шеик помислил дека на „најсиромавиот“ претседател во светот, Мухика итно му требаа пари, па решил да даде ваква понуда. Уругвајскиот претседател вели дека не придава големо значење на оваа понуда, но доколку се материјализира, овие пари тој ќе ги даде во донации за изградба на дом за бездомните лица“

Нетипична јужноамериканска држава

Приказната за најсиромашниот претседател, брзо ја обиколи земјината топка, па Мухика веднаш стана мета на најугледните и најтиражни европски и светски магазини. Секако, популарноста на Мухика го сврти светлото и кон Уругвај и ја врати нејзината популарност како држава. Така земјата на 3.4 милиони жители , која речиси отсекогаш отскокнува од своето опкружување (поблиски подалечни соседи за кои најчест синоним е трговија со дрога, луѓе, корупција) стана интересна за светската јавност не само по својот актуелен претседател, туку и по начинот на функционирање во социјална,


www.kapital.mk

Капитал број 793 09.01.2015

свет

Jас не сум сиромашен. Сиромашни се луѓето кои само работат за да имаат скап животен стил и тие секогаш сакаат се повеќе и повеќе

41

Многу од луѓето сакаат да дојдат до многу пари. Тие луѓе не треба да се во политиката“

pe[na demokratija en pretsedatel! економска и политичка смисла. Всушност, за оние што не се доволно упатени во приликите на Јужна Америка, веројатно малку е познато дека Уругвај традиционално е држава која се разликува по многу нешта од останатите држави во Јужна Америка. Оваа држава е надалеку позната по својот напреден образован систем, својот социјално безбедносен систем како и по либерално социјалните закони. А во последните години с$ повеќе се истакнува и во полето на почитувања на човековите

Емир Кустурица филмски режисер

Познатиот српски филмски режисер Емир Кустурица во 2013 година започна да го снима својот документарец за животот на претседателот на Уругвај, Хозе Мухика, зашто, како што смета Кустурица, Мухика е „последниот херој во политиката“.

права. Уругвај е првата држава која во Латинска Америка се изгради како социјална држава, одржувана најмногу од релативно високите даноци во индустријата и држава која разви демократски традиции поради која и ја доби етикетата „Швајцарија во Јужна Америка“. Во моментот вкупната невработеност во оваа држава е 6.5% (2013) а БДП-то изнесува 43.1 милијарда евра. Реалниот пораст на БДП-то во однос на 2012 година

е 3.5%, а буџетот најмногу се полни од услуги (71%), индустрија (21%) а остатокот од земјоделство.

Туризмот и офшор банкарство главни приходи Современите политички и економски превирања во оваа држава се случуваат во седумдесетите години од минатиот век, кога левичарската урбана герила група, инспирирани од револуцијата во Куба започнаа и во оваа држава во 1970тите, по кои се воспостави репресивно воено владеење кое траеше до 1985 година. Но од реставрацијата на демократската влада, започнува воспоставување

Да ги признаеме фактите. Абортусот е стар колку и светот. Геј браковите - ве молам - и тие се постари од светот. Ги имаме Јулиј Цезар, Александар Велики. Да се каже дека тоа е модерно, ве молам, па тоа е постаро од нас. Затоа, нелегализирањето е еднакво на непотребна тортура врз луѓето


Капитал број 793 09.01.2015

42

www.kapital.mk

свет УРУГВАЈ СПОРЕД СВЕТСКИТЕ РАНГИРАЊА Сектор

Ќе инвестираме прво во образование, под два во образование и под три во образование. Само едуцираното општество ги има најдобрите опции во животот и е потешко да биде предмет на корумпираните и измамниците на пазарната економија. Туризмот и офшор банкарството се секторите кои најмногу му донеле раст на економијата на Уругвај. Уругвај е првата држава во Латинска Америка која има воспоставено

Кој е Хозе Мухика?

Х

Слобода на медиуми Индекс на глобален мир Индекс по перцепција на корупција Индекс на демократија Економска слобода Квалитет на живот Индекс на човеков развој дигитална телефонија, и првата која во 2005 година извезуваше софтвер во Јужна Америка. Уругвај се наоѓа на 37-та позиција од 178 држави по слободата на медиумите во

озе Мухика на светската јавност и е познат најчесто само поради епитетот најсиромашниот политичар во светот. Но зошто е тоа така? За почеток стои фактот дека 90% од својата плата, овој уругвајски претседател ја донира во добротворни цели и во развојот на малите претпријатија. Така, тој во Уругвај живее со околу 600 евра плата. Но освен најголемиот дел од платата, Мухика се откажа и од луксузниот живот кој му го нуди позицијата претседател. Место да ужива во луксузот и удобноста кои ги нуди претседателската палата, тој живее на фармата која е во сопственост на неговата жена. Таму одгледуваат цвеќиња кои потоа ги продаваат. Првиот анкетен лист кој го потполнил Мухика откако седнал во претседателската фотелја, што е законска обврска во оваа држава, покажува дека во негова сопственост го има само својот автомобил, Фолксваген „Буба“ од 1987 во вредност од 1350 евра. Следната година во имотниот лист тој го додаде и имот на неговата сопруга, па така неговата вредност стигна до 163.000 евра. Но иако навидум се чини дека Мухика има едноставен живот (одгледување на хризантеми на фармата со неговата сопруга) сепак Мухика имал бурно минато. Инспириран од револуцијата во Куба, Мухика се приклучува на урбаната левичарска герила во Уругвај во 19060-тите и 1970тите. За време на таа револуција тој бил застрелан со пиштол шест пати и поминал 14 години во затвор. Најголем дел од времето го поминал во сериозно лоши услови во затворот и во целосна изолација. Тој бил ослободен во 1985 година кога во Уругвај повторно се воспоставува демократијата како систем на владеење. Уругвајскиот претседател Мухика вели дека тие години во затвор му ги промениле и изостриле погледите на животот. „Ме нарекуваат ’најсиромашниот претседател’, но јас воопшто не се чувствувам сиромашно. Сиромашни се оние кои работат само за да го одржат својот скап животен стил, и секогаш сакаат повеќе и повеќе“, вели тој. За тоа како живее денес вели „денес сум затвореник на мојата слобода на размислување и да изберам што сакам. Јас ја култивирам таа слобода и се борам за неа. Можеби правам грешки, некои поголеми, некои помали, но една од моите неколку доблести е што го зборувам она што го мислам“, вели Мухика. Иако многумина го обожаваат заради неговиот начин на живот и неговите говори и обраќања, сепак не секогаш јавноста ги поддржува неговите закони и идеи. Јавноста беше многу поделена во врска со донесување на законот за абортус и законот за геј бракови. Сега е на удар и поради иницијатива да се легализира марихуаната. „Употребата на канабис не е најстрашниот проблем, ’дилањето’ дрога е вистинскиот проблем“, вели тој оправдувајќи ја својата иницијатива. Но се чини, Мухика не мора многу да се грижи за својот рејтинг, кој бележи мал пад од моментот кога е избран во 2010 година, зошто според уругвајските закони, Мухика не може да бара втор мандат, односно да биде реизбран. Така, на Мухика ова му е последна година како лидер на оваа мала држава Уругвај. За неговата приказна и популарност зборува и фактот што светски реномираниот филмски режисер, Емир Кустурица, веќе прави документарец за животот на овој претседател, кој според Кустурица е „последниот херој во политиката“.

Ранг 37 21 23 23 38 46 50

Од вкупно држави 178 162 177 115 186 187 187

рангирањето кое го прават Репортери без граници. Во Уругвај постојат повеќе од 100 приватни дневни и неделни весници, повеќе од 100 радио станици и околу 20 телевизиски канали. Исто


www.kapital.mk

Капитал број 793 09.01.2015

свет така, познавачите го сметаат Уругвај за најсекуларна држава во Америка.

43

Висок квалитет на живот

И во однос на другите светски рангирања, Уругвај држи добри места. Според индексот за глобален мир, Уругвај се наоѓа на 21 место, по перцепцијата за корупција на 23 место, а на исто место се наоѓа и по однос на демократија. По економската слобода е на 38 место, а според квалитетот на живот на 46 место. Образованието е исто така поле во кое владите на Уругвај инвестираат многу. Образование е бесплатно и задолжително до 14 години, а владата одвојува годишно и до 5% од БДП на образование. Оваа земја во последно време го добива светското внимание и поради развојот во човекови права, но и легализацијата на абортусот и геј браковите, како и најавата дека наскоро Уругвај планира да ја легализира и марихуаната. Уругвај е втората држава во Латинска Америка која го легализира абортус и геј бракови. Абортусот после Куба која прва го легализира, а геј браковите после Аргентина. Абортусот Уругвај го легализира во 2012, а геј браковите во 2013 година. Во моментот во оваа држава се води расправа за легализирање на марихуаната, но мнозинството од популацијата барем засега се уште е против ваквиот закон. Инаку, Уругвај е рангиран на позиција

Деновиве еден арапски шеик, кој слушнал за „најсиромавиот“ претседател во светот, Мухика, понудил 1 милион долари за старата „Буба“ од 1987 година, сопственост на уругвајскиот претседател. Мухика вели дека не придава големо значење на оваа понуда. Но доколку се материјализира, овие пари тој ќе ги даде во донации за изградба на дом за бездомните лица“ 50 во однос на човековиот развој што е подобрување за две места во споредба со 2012 година, а од 1980 година трендот на човековиот развој е во постојан раст. Во подобрувањето на сликата за

човековите права придонесува и иницијативата на Хозе Мухика кој одлучи да заштити 120 бегалци од Сирија во својата држава, кои ќе имаат обврска да посетуваат школо.


Капитал број 793 09.01.2015

44

www.kapital.mk

на руЧек со...

Владо Јовановски актер

Daskal koj ne prestanuva da od deteto vo se


www.kapital.mk

Капитал број 793 09.01.2015

на руЧек со...

45

Нашето мени Од богатото мени на Арабеска избравме рижото со вргањ

u^i ebe

„Мислата и гестот кај мене се многу блиски. Во моментот кога ќе посакам да ја земам чашата, јас ја земам. Затоа многу често и ги истурам чашите. Тоа неретко се случува во ситуации кога атмосферата е непријатна, напната и дејствува како позитивна, опуштачка катарза“. Не треба психоанализа за да се сфати метафоричноста на оваа изјава на актерот Владо Јовановски, која го открива добро чуваното дете во неговата личност, со креативна храброст незатапена од поразите што конформизмот & ги задава во светот на возрасните разговарал

Максим Ристески

maksim.risteski@kapital.mk фотографија

Дејан Азески

dejan.azeski@kapital.mk

А

ктерот Владо Јовановски е лик кој сите го препознаваме, секој оттаму кадешто му оставил најсилен впечаток – некој како Трендафил од „Бал-канкан“, друг како Лазо од „Илузија“, трет како Даскалот од „Прашина“ ..., а во последно време најмногу по улогата во серијалот „Истражи ја Македонија“. Нам, гостувајќи во рубриката „На ручек со ...“, ни остави впечаток на човек кој говори со мудрост на отворен ум што знае да сослуша, да собира истенчено разликувајќи го „зеленото“ од созреаното. Говорејќи за актерската уметност, н$ почести со беседи за уметноста на живеењето, за темелните вредности на кои треба да се провери како стои мигот. Разговорот го почнавме со прашањето како го победил личниот, и особено на неговото семејство, страв од неизвесноста кога одлучил дека во животот ќе треба да заработува како уметник, како актер, во земја како Македонија. Совршено разбравме што сакаше да ни каже, кога рече дека години и години по првите професионални успеси се сетил колку е важен татковиот благослов, што дури тогаш го побарал и го добил.

„Отсекогаш сакав да го работам ова, но, за моето семејство беше шок кога им соопштив дека ќе студирам глума, зашто тоа им беше толку непознато, и што е поважно, неизвесно. Отпосле, многу подоцна, го добив татковиот благослов за мојата професија. И тоа не со првите успеси како актер. Татко ми се радуваше на моите успеси, но, поминаа години и години, кога јас се сетив колку е важен татковиот благослов, и тогаш го побарав и го добив“, ни раскажа Јовановски. Добра подготовка за сценското поднесување на погледите на публиката имал од најрана возраст, како што самиот открива - поради спецификите на неговиот изглед. „Кога бев дете имав чувство дека сум дојден од некоја друга планета. Може затоа што бев црвен, со црвена коса, а бел тен, единствен во целата околина, на која како таков & бев интересен. Но, имав навистина среќно детство, премногу примав живот од природата, енергија од сонцето, и од луѓето со кои бев, и тоа направи мојот темперамент да биде брз. Во моментот кога ќе посакам да ја земам чашата, јас ја земам. Мислата и гестот кај мене се многу блиски. Затоа многу често и ги истурав чашите. Кога правиме генерациски средби со некои луѓе после триесет години, и кога ќе се случи повторно да истурам чаша, тие си велат – Еј, уште ли! Тоа многу често знаеше да се случи во ситуации кога е непријатна, напната атмосферата, и да дејствува како позитивна, опуштачка катарза“. Говорејќи, пак, за сонот на секој актер – добивањето на идеалната улога, ни ги откри каприците на луѓето од неговата


Капитал број 793 09.01.2015

46

www.kapital.mk

на руЧек со...

Брзо се старее во оваа уметност, поради лузните во емотивното сеќавање што ги оставаат жестоките, емотивни сцени, одново и одново преживеани со секое следно прикажување на претставата.

Сите што помогнаа да се исели Македонија, што економски ја осиромашија, ги сметам за најголеми, современи окупатори на Македонија. Направија поголема штета од туѓите завојувачи.

Досега сме имале само обиди да се направи серија, каде што не може да се артикулира ниту хумор, ниту вистински проблем, кадешто има само „глуматање“, и, на крајот на краиштата, не е интересно.

професија. „Актерите ако добијат улога во дело на Шекспир, ќе прашаат зошто не го добиле Хамлет. Ако е добар текстот, има приговор за тоа дали улогата е вистинска. Ако улогата ви се допаѓа, прашањето е зошто не ви е партнер Лоренс Оливие. Со други зборови, идеални услови за улога на еден актер не постојат, но, кај мене мислам дека има еден спој на филмски и театарски израз во исто време, така што сакам да има емотивни сцени на филм, не театрални, но, кои во филмскиот јазик даваат театарски сензибилитет. Исто така, во ова визуелно време, не сум приврзаник на оној здодевен, стар театар – јас зборувам – другите слушаат, и мора во анфаст да ми се гледаат двете уши. Го сакам филмскиот израз во театарот“.

прикажување на претставата. Лага е дека енергијата вложена на сцената се враќа, односно оти она што сум & го дал на публиката таа со аплаузот ќе ми го врати. Аплаузот не ја враќа енергијата. Тој за актерот е она што шеќерчето е за коњот. Аплаузот е точка, сатисфакција на мигот, дека не било залудно, и потсетување дека тој, четвртиот ѕид е проѕирен“, вели Јовановски. Кога стана збор за тоа колку еден актер овде има можност да се реализира, особено на филм, одговори дека не држат оправдувањата на дел од неговите колеги кои проблемот сакаат да го бараат во тоа што не се одвојуваат доволно средства за нова филмска продукција. „Кога е во прашање филмот, и повеќе пари се дадоа последните години, отколку што беше квалитетна понудата. Можеби не можам докрај да бидам објективен, зашто не сум ги читал сите понудени сценарија, сигурно има вредни кои не добиле поддршка, но, впечатокот ми е дека кај нас се нудат и се финансираат освен добри, за жал, и лоши проекти. Како да е некое правило, ако некој направи лош филм, веднаш дај му да прави втор“, вели Јовановски, кој смета дека бидејќи сме мала држава, треба да има помош од државата, за да не увезуваме туѓ шунд, зашто доволен ни е нашиот. Зашто треба да се создаваат наши вредности како идентификација за сегашноста и за идните поколенија. „Не се појави ниту една добра македонска серија. Треба да се прашаме какви ни се потенцијалите. Како глумец, многупати ми се случувало, да не ме сака управата, директорот, и да не играм со години. Значи, мене како на актер, може да ми ги затворат можностите да играм. Но, има професии како писатели, композитори, ликовни уметници, на кои никој не им пречи да седнат и да бидат поголеми од

Достоевски, од Моцарт, од Пикасо. А вака имавме само обиди да се направи серија, каде што не може да се артикулира ниту хумор, ниту вистински проблем, кадешто има само „глуматање“, и, на крајот на краиштата, не е интересно“. Решението што Јовановски го предложил било да се направи балкански, или уште поширок, европски конкурс за сценарио, со кој би се надминал недостигот од добри сценарија. Првата, втората и третата награда би биле доволно пари за да се снимат овие сценарија, кои би требало да исполнат одредени однапред зададени критериуми за процентот на застапеност на македонскиот јазик, на македонски локации ... Со вакви проекти би можеле да конкурираме на поголем пазар, што би можел да го врати вложеното. Идејата, како што самиот откри, добила поддршка од највисоко ниво, и била дадена на разгледување кај одредени луѓе од филмскиот фонд, но, кои, за жал, направиле с$ за да ја уништат.

Повеќе пари се даваат за филм, отколку што е квалитетна понудата

Владо Јовановски на сцената има донесено ликови уверливо како да се одживеани, а не одглумени. Го прашавме дали некогаш бил „жртва“ на актерскиот феномен да не може да излезе од одредена улога што ја одиграл. „Ако кажам дека улогите и приватноста кај мене се многу блиски, да не речам, се преклопуваат, се плашам за другите, за не така светлообразните, да не посакаат да го злоупотребат тоа. Слабост ми е што сум хиперсензитивен и не лесно може да направам дистанца по некоја улога која бара голем емотивен ангажман. Ми треба време да се соземам. Кај мене одиграното на сцената остава големи траги, безмалку како да било вистина. Затоа брзо се старее во оваа уметност, поради лузните во емотивното сеќавање што ги оставаат жестоките, емотивни сцени, одново и одново преживеани со секое следно

Последната селидба ја дотепа Македонија

Последниве години Владо Јовановски е најпопуларен како главен лик од серијалот „Истражи ја Македонија“, што ја обедини нацијата. Дека неговото доживување на Македонија инспирираше многу од нас да посетиме и некои места што биле блиску до нас, но, не сме знаеле колку вредат, покажуваат и бројките за зголеменоста на внатрешниот туризам. Долго пред серијалот актерот ја истражувал Македонија, приватно, без камера, но, во тек на реализацијата на проектот, кога поради потребите на снимањето подолго се задржувале на локациите, нештата ги видел со „втор“ поглед, на каков што му се открива скриената Македонија. „Видов монументална скулптура во


www.kapital.mk

прилепско, се вика Мома, дефинитивно градена од човечка рака, локалните легенди се дека ја направиле војниците на Александар Македонски. Јас сум фасциниран од тоа кој и зошто успева да го скрие од очите на јавноста ова што одамна требало да биде разгледница. Зошто некој сака да бидеме заспани до периодот на Крали Марко, до турското. А пред тоа слоевите каде се? Тоа е нечија намера. Почнуваме да се будиме, но, се будиме сиромашни. Кога се разбудивме и кога се пребројавме, сфативме колку сме биле оќорени – не само буквално на Беласица, туку и духовно сме биле оќорени. Не е важно дали доброволно сме прифатиле, дали н$ поразиле, дали

Капитал број 793 09.01.2015

47

некој со намера тоа го прави“, вели Јовановски. За крај, ни ја откри и лошата страна на патешествијата поврзани со „Истражи ја Македонија“. Имал можност на терен да ги види ефектите од „белата чума“. „Нам, на Македонците, кои сме толку малку останати од „колежи и дележи“, најголем удар во последно време ни зададе последната селидба од Македонија, економската. Многу мои блиски роднини, со кои сме разменувале мудрости, сме пееле песни, сме разменувале енергија, се иселија. Недостасуваат како алки без кои ланчето се распаѓа. Не е исто по „Скајп“ – ќе се чуеме на компјутер, ќе

плаче потоа, зошто не се гледаме. Голем е притисокот под кој живееме ние овде. Тие што останавме живееме како оние рибите, најдлабоко во морињата, под голем притисок. Баба ми, кога немаше телефони, знаеше кога тетка ми во Скопје ја споменува. Интуинтивно, знаеше кога ќе дојдат на гости. Тоа беше нашиот природен интернет, пред да се измисли сегашниот. Ние сега се чувствуваме и на далечина, ама не е исто. Сите што помогнаа да се исели Македонија, што економски ја осиромашија, ги сметам за најголеми, современи окупатори на Македонија. Направија штета поголема од туѓите завојувачи“.


Капитал број 793 09.01.2015

48

www.kapital.mk

свет hi-tech & business

Prvi go ot predlem za n izvik a nikosledStiv t na Xobs :

]e go poka@e li Apple Watch vremeto na gexetite "za nosewe"? пишува:

Максим Ристески

К

maksim.risteski@kapital.mk

ога гигантот од Купертино претставува нова линија производи, чиј родоначалник, во случајов, е Apple Watch, логично е да си го поставиме прашањето дали по некое време ќе се чудиме како досега сме живееле без нив? Зашто мобилни телефони со напредни функции, односно „смартфони“, постоеја и пред да се појави првиот iPhone, но беа далеку од категоријата „мора-да-се-има“. А денес, главно благодарение на iPhone (со целосна почит кон придонесот на Samsung, на LG, на Sony ..., а претходно и на Nokia), „паметните“ телефони се широк стандард. Дека ваквото влијание (остварено со iPhone-от) е дел од стратегијата на Apple која подолу ќе ја објасниме, се покажа и по појавата на првиот iPad. Имено, „таблети“ имаше и пред тоа, но со излегувањето на оној со логото „гризнато“ јаболко, драстично порасна бројот на оние кои одеднаш сфатија дека имаат потреба од ваков уред. Овде нема да навлегуваме во толкување што треба да подразбираме под потреба - дали согледување на практично-употребната вредност или статусно-симболички нагон, и затоа ќе & се вратиме на стратегијата. Магијата со која Apple го прави она што не & успева на конкуренцијата е во едноставноста, поточно во маркетиншкиот концепт

Кога Apple ќе го стави своето лого на некоја нова категорија уреди, во која претходно веќе се испробала конкуренцијата, тоа обично им го обезбедува продорот на пазарот. Така се случи со „смартфоните“ по појавата на iPhone, а се потврди и со „таблетите“ по излегувањето на првиот iPad. Овој пат скептиците се најгласни, но, „момците“ од Купертино намислиле традицијата да продолжи и со нивниот Apple Watch, што би значело дека доаѓа времето на технологијата „за носење“ секогаш кога презентира нов производ, наједноставно да го објасни, поточно, да ја увери публиката во неговата практичност, применливост во поедноставувањето на сите оние секојдневни работи при кои технологијата може да асистира. Ова секако го олеснува претходното постоење на слични уреди од други производители, односно одењето по веќе „разгазен“ пат. И неспорниот факт дека Apple испорачува врвен квалитет. Во контекстот, а во случајот на Apple Watch-от, еден од слоганите е „Сите часовници ви го покажуваат времето. Овој часовник ќе ви помогне најдобро да го искористите“. Е сега, по претставувањето сепак остана отворено прашањето (жестоко се дебатира за него) колку овој пат ќе проработи споменатата магија?

Купертино: Имаме Apple Watch за секого

Тука најпрво ќе се потсетиме на причините поради кои се очекува да се повтори „хемијата“ меѓу новиот уред и

армијата фанови на Apple, кои ги наведе првиот човек на компанијата, Тим Кук, на презентацијата во Флинт Центарот. За почеток, со Apple „часовникот“ се напушта долгогодишната стратегија на брендот при лансирањето нови производи која ако ја сумираме гласеше - еден модел, една големина, еден дизајн (во две-три бои). Часовникот е прилично широко персонализиран („Нашиот најперсонален уред досега“, порачаа од Apple), односно доаѓа во две големини („машка“ и „женска“ - 42 и 38 милиметри), и нуди избор меѓу шест различни куќишта, односно варијанти на материјали од кои истите се изработени (алуминиум, челик, 18-каратно злато), повеќе видови ремчиња (гумени, кожени, метални ...). Ако во состојба на мирување е само часовник (со прецизност до 15 милисекунди, според зборовите на Кук), штом корисникот ја подигне раката на која го носи, новиот геџет на Apple се претвора во „смартфон“. Секако, екранот е чувствителен на


www.kapital.mk

допир, а направен е од сафирно стакло (отпорно на гребење, како кај подобрите „вистински“ рачни часовници). „Тачскринот“ разликува допир, од посилен притисок, со што е овозможена дополнителната функционалност на апликациите. По углед на обичните часовници, и уредот на Apple има круна, која, секако, не служи за „навивање“, туку за „скролување“ низ апликациите и контактите, или за зумирање. Под оваа дигитална круна се наоѓа уште едно копче со кое се активира апликацијата за контакти. Apple „часовникот“ има вграден жироскоп, акцелерометар, GPS, сензор за мерење на бројот на отчукувања на срцето, ... Може да се користи како „далечинско“ за контрола на iTunes, на Apple TV. Нотификции произведува со лесен допир по раката, а одговорот, во случај, на пример, на SMS порака, можете да го издиктирате, да го изберете од „preset“ опциите, но, сепак, најдобро ќе биде задачата да му ја доверите, односно, да се префрлите на вашиот iPhone (часовникот на Apple речиси ултимативно упатува да го користите во тандем со телефон од истиот бренд). Истото важи и за телефонските повици - на официјалната веб-страница пишува дека можете да го употребите вградениот звучник и микрофон, но само за кратки разговори. За подолги ... проследете го повикот до вашиот iPhone. Прединсталираната апликација Fitness ги следи вашите (физички) активности во текот на денот, и особено ќе им користи на заинтересираните за купување на Apple Watch Sport - варијантата направена од алуминиум. За помалку спортските типови тука е Apple Watch од нерѓосувачки челик, а за порастрошните, изведбата од 18-каратно злато. Најефтиниот ќе чини 349 американски долари, и ќе се појави на пазарот на почетокот на следната година. Благонаклонетите, односно потенцијалните корисници, се на став дека „часовникот“ на Тим Кук (ова е прва нова линија производи во ерата на наследникот на Стив Џобс) ќе го револуционизира сфаќањето за мобилната технологија. Наместо да барате безбедно место (џеб) за вашиот „паметен“ телефон, кога, на пример, одите да џогирате, сега, Apple „паметниот часовник“, можете да си го носите на рака. Но, да видиме што мислат и скептиците, од кои еден дел му

Капитал број 793 09.01.2015

предвидуваат дури и дебакл на новиот уред на Apple.

Критичари: „Часовник“ што ќе те потсети да го извадиш телефонот од џеб

На полето на технологијата „за носење“ се испроба речиси целата конкуренција на Apple, но, како што кажавме погоре, пред претставувањето на „паметниот часовник“ во Флинт Центарот, целата оваа млада гранка на технолошката индустрија како да не постоеше. Еден од проблемите на Тим Кук и на неговиот тим од Купертино може да биде тоа што поради ваквата своја позиција Apple ја презема целата одговорност за успехот (или неуспехот) на оваа нова категорија геџети. Технологијата „за носење“ е с$уште само концепт, егзотика, и е далеку од тоа да стане пазарно релевантна. Дури и експертите од некои од највлијателните специјализирани медиуми изнесоа прогнози дека Apple со „часовникот“ нема да успее да го повтори успехот на своите телефони и таблети. Сметаат дека на презентацијата Кук (и останатите) не успеле да го демистифицираат новиот уред - „часовникот“ на Apple е ист како и другите „паметни часовници“ кои веќе постојат, и неговата употребна вредност не ја оправдува, според експертите, исклучително високата цена. „Функциите на Apple Watch-от се исти како и кај сите досегашни „смарт часовници“ и се сведуваат на пренос на нотификациите од телефонот на часовникот, со ограничени можности за реплицирање, со нов нетипичен и хаотичен интерфејс. Apple Watch-от е само уште еден од низата „паметни“ часовници што ќе н$ известуваат дека мораме од џебот да го извадиме телефонот. Таков „ум“ веќе имаат мелодиите за ѕвонење, односно вибрациите во телефонот“, напиша во својот коментар членот на уредништвото на хрватски Bug, Драган Петриќ. Дополнително, на „часовникот“ на Apple му се забележува дека покрај тоа што е зависен од близината на телефонот во секоја ситуација што предвидува малку поамбициозно користење, тој телефон, односно „смартфон“, мора да биде со „Јаболко“ лого. На иронични коментари наиде и реченицата на Тим Кук со која тој на презентацијата претрча преку важното прашање за автономијата (траењето на батеријата од полнење до полнење). „Ова ќе биде часовник што ќе можеме цел ден да го имаме на рака“, рече директорот на Apple - „а тоа значи дека нема да можеме два дена да го имаме на рака без да го поврземе со полнач?“, му одговорија критичарите. Но, како и да е, Златниот, 18-каратен, Apple Watch тешко е да се поверува дека во

49

И уредот на Apple има круна како обичните часовници, која, секако, не служи за „навивање“

Apple се „коцкаат“, и оти својот нов геџет нема да го претворат во „must-have“ за една исплатливо доволно голема целна група. Најголемиот проблем - зависноста на „часовникот“ од телефон, најверојатно ќе ја снема веќе со следната генерација на овој уред, со оглед на постојаното сместување на с$ помоќен хардвер во с$ помал простор. Траењето на батеријата тешко дека многу ќе ги загрижи идните корисници - данокот на ерата на големите екрани чувствителни на допир веќе го плаќаат со нивните „смартфони“, па, зошто би им било проблем честото приклучување на полнач и во овој случај? Предноста на „паметниот часовник“ е во тоа што не морате вашиот „смартфон“ да го вадите на маса или да го имате во џебот (што е проблем со денешните „смартфони“ со екрани од над пет инчи) - „часовникот“ ќе ве извести дека некој ве комуницира или оти дошло времето за следната обврска од вашата „to-do“ апликација, а вие само ако има потреба ќе посегнете по „смартфонот“ кој дотогаш може да стои во вашата чанта. Уште еден знак дека проектот Apple Watch-от ќе успее, даде реакцијата (која може да се нарече одбранбена) на традиционалната индустрија за часовници. Имено, овој геџет неспорно е замислен и како моден додаток. Разбирливо, зашто за да заживее технологијата „за носење“, таа мора да изгледа како нешто што би го облекле, ставиле на себе. Оттука се и претпоставките дека ако некој познат моден дизајнер одлучи рацете на своите манекен(к)и да ги украси со Apple Watch, или ако овој геџет се појави како дел од „аутфитот“ на некоја актуелна славна личност, „паметниот часовник“ ќе почне да интригира и една нова целна група, која во целата приказна најмалку ќе влезе поради технологијата. Уплашени од ваквата можност, побрзаа да изреагираат од индустријата за луксузни часовници. „Долго очекуваниот часовник на Apple изгледа „женскасто“ и нема да го издржи тестот на времето. Личи како да го дизајнирал студент на прва година“, зајадливо изјави членот на бордот на швајцарски Hublot, Жан-Клод Бивер.


Изјави на Роналд Реган што секој бизнисмен треба да ги знае Опкружете се со најдобрите луѓе кои можете да ги најдете, делегирајте им одговорности, и не им се мешајте се додека она за што сте се договориле се остварува.

Ретки се лидерите што комуницирале толку јасно и ефективно како Роналд Реган. Со искуство во актерството и обраќање пред јавноста, пристапот на Реган беше едноставен:

Кажете го тоа што го мислите, но кажете го директно и направете луѓето да се смеат што е можно почесто.

зошто Нема лимит на растот ат а нема лимит на човечк инација. интелигенција и имаг

Кога не можете да им помогнете да ја видат светлината, направете да ја почувствуваат топлината.

во Најдобрите умови не себи ле, владата. Ако некогашземал. бизнисот сигурно ги Гледиштето на владата за економијата може да биде сумирано во неколку кратки фрази: Ако се движи, оданочи ја. Ако продолжува да се движи, регулирај ја. А, ако престани да се движи, субвенционирај ја.

Како знаете кој е комунист? Па, тоа е некој кој чита Маркс или Ленин. А како знаете кој е антикомунист? Тоа е некој кој ги разбира Маркс и Ленин.

вните Претприемачите и ниса речиси мали компании го но сттна САД. целиот економски ра

Владата не ги решава проблемите. Ги субвенционира.

ови во Најзастрашувачките збсор м од англискиот јазик се: Ја су могнам. владата и тука сум да по

Мора да се откажеме од идејата дека секогаш кога законот е прекршен, виновно е општество наместо оној кој го прекршил законот. Време е да ја обновиме перцепцијата дека секоја индивидуа е одговорна за своите акции кои ги презема.




Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.