794 kapital magazin

Page 1

капитал анализа

Se pote{ko odi naplatata na krediti

Virusot na bankroti se [iri od firmite na bankite

Димитар Богов гувернер на Народна банка

Банкрот на некоја банка вообичаено се случува кога таа лошо го проценува ризикот на кој се изложува и клиентите не можат да и ги вратат земените кредити.

profile

кој е?

Aleksis Cipras новото лице на грчката политичка сцена

Radikalniot levi^ar od koj se pla[i i Evropa

фото: koutipandoras.gr

број 794 цена 100 ден. | 16 јануари, 2015, петок | година 16

www.kapital.mk

МАГАЗИН ЗА БИЗНИС И ПОЛИТИКА




4

Капитал број 794 16.01.2015

содржина

www.kapital.mk

Издвојуваме

05 КапиталНО Биљана Здравковска Стојчевска

24 Company Profile

08 cover story

26 Претприемништво

14 Капитал анализа

28 државно управување

Кој кого спасува?

Што добиваат македонските граѓани и фирми од евтината нафта? Цената на нафтата се преполови, никој не помислува да намалува цени Се потешко оди наплатата на кредити Вирусот на банкроти се шири од фирмите на банките

Еко Пласт-Техника Кавадарци “Зелено“ и профитабилно Кои се најдобрите опции за финансирање на вашиот старт-уп? Бизнис идеите во рана фаза имаат потреба од пријатели, семејството и "будали" Само лани потрошени 3 милиони евра за привремени вработувања!

Што ќе донесе Оне.Вип?

Сигнал не губат само мобилките во Македонија. И во ЕУ операторите се свесни дека мора да понудат подобри услуги на своите корисници, а за тоа треба многу да инвестираат, во време кога приходите континуирано паѓаат. Затоа тие се здружуваат, се преземаат едни со други, а тоа се вика консолидација на пазарот. Тоа се случува и во Македонија. Оне и Вип ги здружија силите во Оне.Вип, односите на моќта на пазарот се менуваат, а најавија и подобар квалитет на услугите. Но, веројатно, како и во Европа, тоа ќе има своја цена. XX Стр. 18

18 компании и пазари

Се окрупнува европскиот телеком пазар, Македонија не е исклучок Оне.Вип треба да донесе подобри услуги, но веројатно и повисоки цени

22 интервју

Иван Бановски

генералeн директор на Макстил

Ни претстои уште една тешка година

18 Колинда

Жената за којашто генералот Анте Готовина е херој сега ветува дека ќе ја води Хрватска по патот по којшто ја водел и озогласениот претседател од деведесеттите Фрањо Туѓман. Капитал во мини профил ја претставува новата шефица на хрватската држава. XX Стр. 36

32 профил

Кој е Алексис Ципрас, новото лице на грчката политичка сцена?

36 Балкан бизнис и политика

Хрватите и простија на ХДЗ – Китаровиќ победи на претседателските избори Соработничката на Санадер ветува дека ќе ја води Хрватска по патот на Туѓман!

40 CEO Profile Мери Бара

Џенерал моторс

Првата жена директор на светски автомобилски гигант

Банкарски банкрот

Банкарите проценуваат дека многу е веројатно вирусот на банкроти брзо да се прошири во банкарскиот сектор. Банките се под силен притисок да даваат евтини кредити во услови кога „пливаат во пари“, а во исто време се потешко успеваат да ги наплатат дадените заеми бидејќи компаниите се финансиски истрошени. Лошите кредити станаа „најлоши“ досега со удел од 16,9% во вкупното портфолио. Моќните банки ќе преживеат , меѓутоа, помалите банки остануваат најзагрозени бидејќи тие и најтешко се справуваат со наплатата на кредитите. XX Стр. 14

42 Свет бизнис и политика

Што по Шарли?

Прашањето како да се отстрани терористичката закана не може да не се разгледува и низ причините кои европскиот демократски свет го прават поизложен во овој контекст, а кои, пред с$, треба да се бараат во политиките на предводниците на западниот систем. XX Стр. 42

Терористите го направија своето – се чека Европа Ништо од „Јас сум Шарли“ додека ЕУ разликува Европејци со големо и со мало „Е“

46 на ручек со...

Игор Трајковски

професор и основач на Time.mk

Човекот кој го напушти Google и се врати во Македонија

14

Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул.Партизански одреди бр. 17-1/16 l П. ФАХ 503, 1000 Скопје l Основач и директор: Љупчо Зиков l Одговорен уредник: Биљана Здравковска Стојчевска Печати: Графички центар Скопје, ул. Скупи бб, 1000 Скопје l Тираж: 3.000 примероци l Датум на печатење: 15.01.2015


www.kapital.mk

Капитал број 794 16.01.2015

КапиталНО

5

Кој кого спасува? Биљана Здравковска Стојчевска biljana.zdravkovska@kapital.mk

Edinstvenata pri~ina so koja se nosat raznite zakoni so koi se opteretuvaat firmite e prenesuvawe na socijalnata funkcija na dr`avata vrz kompaniite. Ili so drugi zborovi vo tek e operacija spasuvawe na golemata socijalna dr`avata. Koja ve}e ne mo`e samata da gi vr{i i pla}a site obvrski koi gi prevzema. Da, socijalnata dr`ava e mnogu skapa. I voobi~aeno socijalnite dr`avi imaat mnogu visoki danoci koi gi pla}aat site. Obidot tovarot na socijalnata dr`ava da se prenese samo na eden segment od op{estvoto –na privatnite firmi i na lu|eto koi rabotat vo niv, ne samo {to ne e moralno, tuku deluva kako pani~en obid da se zatnuvaat pomalite dupki na brod koj tone. Oti ako firmite po~nat da propa|aat, }e se otvorat u{te mnogu drugi dupki, kaj bankite, penziskite i zdravstvenite fondovi... Koj kogo }e spasuva toga{?

Г

одинава стартуваат еден куп наметнати законски решенија од типот на задолжница, законот за финансиска дисциплина, за оданочување добивката, за хонорарно ангажираните лица, задолжителното вработување на инвалидизираните лица и редицата други решенија. Изгледа сосема налудничаво во време на криза, кога на фирмите им оди полошо од било кога, кога едвај плаќаат плати, даноци и кредити, кога отпуштаат вработени и намалуваат производство, да им се наметнуваат екстра давачки и да се носат вакви неекономски законски решенија кои им ги зголемуваат трошоците за водење на бизнис. Некако пологично е во време на економска криза фирмите да бараат спасување од државата, преку намалување на даноци, укинување на разни давачки и бариери на пазарот...На крајот е логично државата да ги спасува фирми ако не за друго за да можат да ги плаќаат јавните давачки во буџетот. Но, фирмите веќе подолго молчат. Веќе не бараат ни антикризни мерки, ни евтини кредити, ниту спомнуваат даноци. Веројатно и самите почнуваат да ја сфаќаат операцијата која се случува на терен. Единствената причина со која се носат овие мерки и закони очигледно не е ништо друго туку пренесување на социјалната функција на државата врз компаниите. Или со други зборови во тек е операција спасување на големата социјална државата. Која веќе не може самата да ги врши и плаќа сите обврски кои ги превзема. Да социјалната држава е многу скапа. И вообичаено социјалните држави имаат многу високи даноци кои ги плаќаат сите. Обидот товарот на социјалната држава да се пренесе само на еден сегмент од опшеството –на приватните фирми и на луѓето кои работат во нив не само што не е морално, туку делува како паничен обид да се затнуваат помалите дупки на брод кој тоне. Бидејќи после тие ослабени фирми ќе мора да отпуштат вработени, нема да може да враќаат кредити и даноци, па ќе се отворат дупки за затнување кај банките, кај пензиските и здравствените фондови, во буџетот... Теретот на богата социјална

држава во време на криза треба да биде распределен на сите подеднакво. Кризата предизвика многу нееднаквости и секојдневно гледаме дека многу граѓани се во тешка состојба, без вработување, без пари...Но, најголемата помош за овие граѓани ќе биде ако државата обезбеди услови фирмите да бидат посилни. Можеби е време реално да им погледнеме на проблемите во очи и да признаеме дека се потребни вистински промени и реформи во економските и социјалните политики. Времето на златната треска е завршено. И краткорочно Македонија, со или без ММФ, ќе мора да се зафати со средување на јавната управа и јавните финансии, преиспитувањето на субвенциите и социјалните надоместоци, со зголемување на ефикасноста на јавните претпријатија. На пример, преку јавните претпријатија со години наназад се води социјална политика со што привидно се одржува стандардот на луѓето, а вистината е дека тие создаваат огромни дупки во јавните финансии преку превработеност, нередовно плаќање и неефикасно работење, кои се закануваат да го срушат целиот економски систем. Јавните и државните претпријатија сите досегашни власти ги претворија во темни вилаети во кој никој нема увид што и како се работи и се троши. Доколку се среди управувањето во јавните и државните претпријатија во буџетот ќе се ослободат еден куп пари со кои државата ќе може да ги растерети фирмите од преголемите давачки кои сега им се наметнуваат. Политиките во кои на власт се доаѓа тако што ќе ветите што поголеми пензии, вработувања во јавните претпријатија, поголема социјална помош, дотации и субвенции, а тоа ќе го платите со надворешно задолжување е стратегија која припаѓа на минатото и која не води никаде. Примери за тоа ги има еден куп почнувајќи од Грција, Србија, Хрватска... Прашање на време е само кога и како ќе почне да се распаѓа привидот. Се додека државата ќе може да се задолжува и да обезбедува пари за редовно да исплатува плати и пензии проблемите ќе се буткаат под тепих.


Капитал број 794 16.01.2015

6

www.kapital.mk

НАВИГАТОР ИЗЈАВА НА неделата

> БРОЈКА

488,4

милиони евра повеќе девизни резерви имала Македонија на крајот од 2014 година, во однос на истиот период во 2013

Вернер Фајман австриски канцелар

победник на неделата

Андреј Бабиш

Заканите упатени од страна на Германија кон Грција кои се однесуваа на исфрлување од Еврозоната, не беа паметни. Европската унија ќе мора да живее и со влада која би ја предводел Алексис Ципрас. Така е во демократијата. Би било лошо доколу во ЕУ би се одредувало кој смее да биде избран, а кој не.

Визер ќе добие уште 5 милио

Н

искобуџетната авиокомпанија „Визер“ во следните три години ќе добива финансиска поддршка за воведување на нови авионски линии од аеродромот Александар Велики во Скопје и од аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид. Веќе од јуни годинава „Визер“ ќе воведе нови шест авионски директни линии од Скопје за Барселона, Осло, Нирнберг, Хамбург и Фридихшафен. До овие градови авионите на компанијата од Скопје ќе летаат два пати неделно. Од охдридскиот аеродром пак „Визер“ ќе лета два пати неделно за Базел.

Евтините банкарски кредити имаат ефект

Изградбата на станов со драматичен раст о

+

Чешкиот министер за финансии Андреј Бабиш, кој е еден од најбогатите бизнисмени во Чешка ги повика своите сонародници милијардери да се вратат од даночните раеви и да и помогнат на Чешка со коректно плаќање на даноци. Според проценките, од Чешка годишно во даночните раеви се одлеваат помеѓу 3,7 и 5,5 милијарди евра по основ на даноци кои чешките богати бизнисмени би ги платиле во државниот буџет ако седиштето на компанијата им е во Чешка. “Генерално сметам дека ако е некој милијардер и ако се збогатил во Чешка има морална обврска да се врати од даночните оф шор зони, да и помогне на земјата и да работи фер. Мора да постои опшествена одговорност. Времето на златната треска е завршено”, смета Бабиш. Колку ќе биде успешен повикот на Бабиш останува да видиме, но сепак е храбар потег од страна на министер за финансии. Домашните аналитичари се скептични дека богатите Чеси ќе ги вратат парите дома, тврдејќи дека главните причини заради кои милијардерите заминуваат во даночните раеви не се толку ниските стапки, колку што се стабилното и поредвидливо окружување кое во Чешка им недостасува.

пишува:

Дејан Азески

Dejan.azeski@kapital.mk

Ц

ели 54,4% изнесува растот на изградбата на нови станови во ноември 2014 година во однос на истиот споредбен месец од 2013 година. Дури 281 дозвола за градење на згради, инфраструктурни објекти и реконструкции се одобрени во ноември, а во овие новоградби се планира да се вложат цели 59 милиони евра. Овие најнови податоци на Државниот завод за статистика ги потврдуваат пишувањата на Капитал дека наглото намалување на каматните стапки на стабените кредити ќе ја смени изградбата и продажбата на нови станови, сектор кој изминативе две

години беше во криза. Според Зоран Дабевски од градежната компанија Дабар без разлика дали падот на каматите е резултат на пазарна “војна“ помеѓу банките или на некаков вид државна интервенција факт е дека тоа позитивно се одразува на пазарот. "Веќе почнаа да се чувствуваат ефектите. Едно е 5 % камата, а сосем друго 2,9 %. Дополнително банките од пред некое време дозволуваат предвремена отплата со отпис на недостасаните камати што во минатото не беше случај. Сето ова се фактори кои придонесуваат бизнисот со недвижности повторно да стане интересен", вели Дабевски. Сеад Кочан, сопственик на Трансмет и долгогодишен претседател на Градежната комора при ССК е оптимист дека работите сепак ќе тргнат на подобро. „Повеќето сериозни градежни


www.kapital.mk

они евра субвенции Билетитете за новите шест дестинации ќе бидат пуштени во продажба во февруари. Визер во декември 2014 година преку јавен повик кој го објави македонската Влада беше избрана за нискотарифна авиокомпанија. Компанијата во следните три години ќе добие субвенции од околу 5 милиони за нови шест евтини авиолинии од Скопје и Охрид. Ова е втор конкурс за субвенционирање на авиосообраќајот откако Владата почна со оваа практика во 2012 година кога од буџетот на авиокомпанијата Визер и беа исплатени субвенции од 5 милиони евра за евтини летови кон повеќе авропски градови.

Капитал број 794 16.01.2015

НАВИГАТОР

мисла на неделата

> БРОЈКА

20%

од акциите на Euromax Resources, фирма што ќе копа бакар и злато кај Струмица, купи ЕБОР

лидери

ви од над 54% Намалените каматни стапки на станбените кредити допринесоа изградбата и продажба на станови повторно да стане интересен бизнис во Македонија. Статистички овој сектор доживува вистинска ренесанса со цели 54% раст на изградбата на нови станови според последните достапни податоци за месец ноември. Дополнително дел од градежниците веќе коментираат дека имаат обезбедено плацови и спремни се да влезат во нови инвестиции. компании веќе имаат обезбедено атрактивни плацеви на кои планираат да градат. Моменталната промена на состојбите за која зборуваме ќе е најдобар поттик за тоа да се реализира“, вели тој. Сепак предвидувањата на градежници се дека намалените каматни стапки ќе го олеснат купувањето станови, но нема да ја намалат цената на квадратниот метар, што значи дека граѓаните немаат потреба да стравуваат за вложените пари. Според нив, голема е разликата од 2 или 3 процентни поени камата која сериозно се одразува на крајната цена на станот која треба да ја плати купувачот. Статистиката потврдува дека најголемиот дел од парите што ќе ги инвестира градежниот сектор е токму во изградбата на станови. Имено од вкупниот број издадени одобренија за градење, 181 се наменети за објекти од високоградба, 41 за објекти од нискоградба и 59 за реконструкција. На 184 објекти како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 97 објекти се деловни субјекти. Во овој период е предвидена изградба на 361 стан со вкупна корисна површина од 35.324 квадратни метри.

7

Некогаш најдобрите инвестиции се токму оние кои нема да ги направиш

Доналд Трамп

американски бизнисмен

губитник на неделата

Алексис Ципрас

Младиот левичар има шанса да направи вистински промени во грчката политика во дока досега владеаа две политички династии

Колинда Грабар – Китаровиќ

Прва жена претседател на Балканот е титула која на Китаровиќ ќе и остане без разлика дали и колку успех ќе покаже на новата функција

не им беше неделата

Марио Драги

Откако еврото падна на 9 годишен минимум првиот човек на Европската централна банка ќе мора да делува

Владимир Путин

Падот на цената на нафтата по се изгледа нема крај. Руската економија ќе тоне и понатаму

_

Иво Јосиповиќ Хрватскиот (сега веќе во заминување) претседател Иво Јосиповиќ претрпе пораз од дваесетина илјади гласови од страна на неговиот противкандидат, Колинда Грабер Китаровиќ на изборите за коишто според анкетите тој беше во сериозна предност да ги добие. Но, за Јосиповиќ, не е поразителен само фактот што ќе мора да се прости од функцијата шеф на хрватската држава – со овој пораз почнаа да се исцртуваат контурите на промените на политичката сцена таму, па многумина аналитичари веќе најавуваат дека овие резултати се само вовед во воскреснувањето на ХДЗ (партијата од чии редови доаѓа победничката Китаровиќ). Иако ХДЗ пред само две и пол години беше обвинета заедно со нејзиниот поранешен лидер премиер на Хрватска Иво Санадер за проневера на над десет милиони евра народни пари (најголем дел завршиле во партиската каса), Јосиповиќ беше доволно вешт да го искористи овој факт и да се наметне како далеку подобро решение од Китаровиќ којашто не само што е ХДЗ-овка, туку е и поранешна блиска соработничка на Санадер. Ако Јосиповиќ не умееше да победи противкандидат со ваква биографија зад себе и успеа да придонесе за враќањето на озогласената и криминална партија на политичката сцена, тогаш дефинитивно е политички губитник на неделата, ополнително што во Хрватска се ближат парламентарните избори на коишто социјалистите од каде што тој произлезе имаат се помалку шанси.


Капитал број 794 16.01.2015

www.kapital.mk

story 8 cover cover story

60%

е падната цената на нафтата на глобалниот пазар во последните шест месеци

16%

е падната малопродажната цена на нафтата во Македонија во последните шест месеци

3,8%

се паднати продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во декември

[to dobivaat makedonskite gra\

Cenata na nafta nikoj ne pomislu da namaluva cen


www.kapital.mk

Капитал број 794 16.01.2015

cover story

9

31%

од вкупната потрошувачка на нафтени продукти во земјава отпаѓаат на индустријата

\ani i firmi od evtinata nafta?

ata se prepolovi, uva ni Од вкупната потрошувачка на нафта во Македонија дури 60% отпаѓа на сообраќајот и транспортот, а околу 30% троши индустријата, што упатува на заклучокот дека македонската економија би требала да има голем бенефит од големото поевтинувањето на нафтата. Но, во пракса не е се така едноставно. Засега никој не најавува намалување на малопродажните цени на производите и услугите како резултат на поевтинувањето на нафтата и нафтените деривати. На краток рок домашните фирми ќе останат глуви на притисоците од партнерите и јавноста за намалување на цените на нивните услуги и производи, но на подолг рок колку што се очекува да трае ниската цена на нафтата неминовни ќе бидат корекции на цените надолу. Капитал истражува кој добива од евтината нафта?


Капитал број 794 16.01.2015

10

www.kapital.mk

cover story Зорица Мешковска

Стопанска Комора на Македонија

И

ако во последните 6 месеци цената на нафтата бележи континуиран пад, досега не е забележана соодветна реакција во смисла на намалување на цените на производите и услугите. Според мислењето на стопанствениците, реално првата реакција би можела да се случи во сообраќајот, кои би можеле побрзо да реагираат со намалени цени на своите услуги.

пишува:

Дејан Азески

П

Dejan.azeski@kapital.mk

рекумерните глобални залихи и ниската побарувачка во големите земји како Индија и Кина, ќе продолжат да ја притискаат цената на нафтата и да ја држат на релативно ниско ниво. За 2015 година се очекува натамошен пад или максимум стабилизирање на цената, заради структурна хиперпродукција и јакнење на доларот. Ова се прогнозите на светските аналитичари за тоа како ќе се движат цените на нафтата во блиска иднина. Овие проценки ја рушат тезата дека политички наметната ниска цена на нафтата е чудо кое ќе помине за три дена и нема да влијае на светските економии, а најмалку на македонската. Напротив веќе очигледната долгорочна ниска цена на нафтата сигурно ќе се одрази и на македонската економија. Со оглед на тоа дека на индустријата во земјава отпаѓаат 31% од вкупната потрошувачка на нафтени деривати, а сообраќајот и транспортот од кои директно е зависна индустријата учествува со 60% во истата оваа ставка, домашната економија навистина може да очекува голем ефект од падот на цената на нафтата. Но, тоа барем засега не се чувствува на пазарот преку намалување на малопродажните цени на производите.

Компаниите нема да кратат цени

И покрај тоа што цената на нафтата се намали за 60%, а нафтените деривати поевтинија за околу 20%, цените на сите останати производи и услуги наместо да се намалуваат остануваат исти или

Биљана Муратовска МАКАМ Транс

Ц

ената на услугите на транспортерите не зависи од цената на горивата, туку од понудата и побарувачката за превоз на стоки, па оттука нема да има нивна промена како резултат на падот на цената на нафтата. Засега може да се очекува пониската цена на нафтата да влијае на подобрување на финасиската состојба и инвестирањето во нов возен парк.

дури се зголемуваат. Та на пример статистиката покажува дека во во последниот месец од ланската година декември имало зголемување на цените на храната, земјоделските производи и пијалоците. И како што стојат работите на терен така ќе остане и во следниот период. За да ги испита причините за стагнирањето на цените во земјава Капитал контактираше претставници на компании и здруженија од разни сектори, за тие директно да кажат како ја чувствуваат намалената цена на нафтата и дали тоа ќе доведе до намалување на цените во малопродажба. Од Асоцијацијата на транспортери МАКАМТРАНС се со став дека цената на услугите на транспортерите не зависи од цената на горивата, туку од понудата и побарувачката за превоз на стоки, па оттука нема да има нивна промена како резултат на падот на цената на нафтата. Според нив, засега може да се очекува пониската цена на нафтата да влијае на подобрување на финансиската состојба и инвестирањето во нов возен парк. „Цената на горивото влијае само на заработувачката на компаниите. Од тоа пак зависи дали тие ќе успеат да обезбедат пари за обнова на возниот парк, кој во земјава е релативно стар. Дури 75% од овие возила се стари, а ако сакаме да обезбедиме работа во Европа и регионот ќе мора да обезбедиме и понови возила“, вели Билјана Муратовска од Макамтранс. Поголеми индустриски потрошувачи на нафтени продукти се од следните индустриски гранки - индустријата на градежни материјали, стакло и керамика, како најголем потрошувач на нафтени продукти (50% потрошувачка на ниво на вкупната индустрија отпаѓа на оваа индустриска гранка) потоа индустријата на железо и челик,

прехранбената индустрија, пијалаци и тутун и индустријата на експлоатација на руди, но без малку нема индустрија која не ги користи нафтените продукти. Според Стопанската комора на Македонија во поголемите индустриските капацитети, намалената цена на мазутот и другите нафтени деривати, кои директно учествуваат во производните процеси, има простор за намалување на производните трошоци, но позитивната разлика с$ уште не е задоволителна за да се направи и соодветно намалување на производните цени. „ Во тој контекст важно е да се напомене дека индустријата, под влијание на глобалната економска криза, подолг период работи на граница на рентабилност, па оттука и нема поголема реакција на намалените цени на нафтените продукти,“ велат од СКМ Претседателот на Здружението за металургија Митко Кочовски вели дека ефектите ќе бидат мали поради слабите очекувања во 2015 година. „Нашата индустрија би искористила од ниската цена на енергенсите, но само ако имаме повеќе нарачки и работа од таа што е најавена. Со сегашното темпо на работа и слаба искористеност на капацитети исто така и ефектите ќе бидат слаби и минимални. Значи да перспективно ние би требало да имаме поголем бенефит од нашата работа, но не може да имаме само бенефит ако воопшто немаме работа“, вели Кочовски. И претставниците на прехранбената индустрија се со став дека се очекуваат позитивни ефекти за компаниите, но дека тоа нема да се почувствува и во малопродажбата. „Логично е да очекуваме цените на енергенсите позитивно да се одразат на нашата работа. Процентот со кој влијае влезната цена на енергенсите во вкупната цена на нашиот краен производ


www.kapital.mk

Капитал број 794 16.01.2015

cover story Митко Кочовски

Славчо Јорданов КиМ Неготино

Л

огично е да очекуваме цените на енергенсите позитивно да се одразат на нашата работа. Процентот со кој влијае влезната цена на енергенсите во вкупната цена на нашиот краен производ е доста голем. Но, проблемот е што сегашниве цени се поставени врз основа на притисокот на пазарот кој од нас бараше да дадеме максимално најниски цени со кои едвај издржувавме. Ова ќе е добра прилика малку да ни се намали притисокот и да можеме полесно да дишеме и да размислуваме за развој.

претседател на Здружението за металургија

Н

ашата индустрија би искористила од ниската цена на енергенсите, но само ако имаме повеќе нарачки и работа од тие што се најавени. Со сегашното темпо на работа и слаба искористеност на капацитети и ефектите ќе бидат слаби и минимални.

И фирмите во регионот не кратат цени

С

ите регионални медиуми известуваат за слична состојба со ефектите од поевтинувањето на нафтата. Цените на останатите производи или стагнираат или се намалуваат со многу незначителна динамика. Српскиот економски портал Биз Плус има интересен коментар на целата состојба. „Штом во Србија ќе се најави еден динар поскапување на горивата земјата веднаш почнува да се припрема за останатите поскапувања од пекари до таксисти. Меѓутоа, сега кога горивото забележа драстичен пад, останатите цени главно мируваат,а оние кои треба да поевтинуваат постојано бараат оправдување за тоа да не го направат“. Во последните шест месеци цената на нафтата на светските берзи е падната за близу 60%, но малопродажната цена на овој енергенс во регионот никаде не е падната за повеќе од 25%.

е доста голем. Но, проблемот е што сегашниве цени се поставени врз основа на притисокот на пазарот кој од нас бараше да дадеме максимално најниски цени со кои едвај издржувавме. Ова ќе е добра прилика малку да ни се намали притисокот и да можеме полесно да

11

дишеме и да размислуваме за развој “, вели Славчо Јорданов од прехранбената компанија КиМ Неготино.

Ефекти ќе има, ама на долг рок И од Стопанската комора на Македонија го потврдуваат општиот заклучок дека иако во последните 6 месеци цената

на нафтата бележи континуиран пад, досега не е забележана соодветна реакција во смисла на намалување на цените на производите и услугите. Сепак тие се оптимисти дека на долг рок позитивни поместувања секако ќе има. „Според мислењето на стопанствениците, реално првата реакција би можела да се случи во сообраќајот, кои би можеле побрзо да реагираат со намалени цени на своите услуги“, велат од СКМ. Според експертите кои ги консултиравме реакцијата на компаниите најверојатно ќе се почувствува подоцна и доколку подолго потрае процесот на намалување на цената на нафтата во светот. Врзаноста на денарот со еврото многу влијае со задоцнување да се почувствуваат големите падови на цената на нафтата, која се пресметува во долари. Но, конкуренцијата ќе ги натера и нашите компании да направат поместување на цената на производите, барем оние кај кои транспортот има големо влијание.

Што ќе се случува со нафтата? Цената на нафтата падна за повеќе од 60% во изминатите шест месеци, во споредба со јуни 2014, достигнувајќи најниско ниво во последните шест години од 44,20 долари за барел. За 2015 година се очекува натамошен пад и стабилизирање на цената, заради структурна хиперпродукција и јакнење на доларот. Пазарот очекува ОПЕК да го намали производството за да ја ублажи преголемата понуда, но во меѓувреме производството во земјите што не се членки на ОПЕК ќе порасне, што ќе го спречи позначајното поскапување на нафтата, што инаку би се случило како резултат на економскиот раст особено во Азија. Покрај сето ова, светските аналитичари очекуваат повисоките каматни стапки и


Капитал број 794 16.01.2015

12

www.kapital.mk

cover story

растот на доларот дополнително да ги притиснат надолу цените на нафтата. Бизнисмените велат дека ако продолжи трендот на намалување на цената на нафтата и на нафтените деривати, ќе се зголеми конкурентноста на нивното производство што неколку години во екот на кризата беше изложено на огромни трошоци поради енормното поскапување на енергенсите. Интересна проценка во изјава која ја

пренесува Ројтерс дава и Нобовуки Накахара поранешен член на одборот на централната банка во Јапонија и поранешен раководител на нафтена компанија. Според неа цената на нафтата веројатно и понатаму ќе паѓа поради бавниот раст на кинеската економија, и затоа цената над 100 долари била абнормално. „Не би ме чудело цените на нафтата да паднат на 20 долари. Се работи

едноставно за однос на понудата и побарувачката. Постои граница до која нафтата може да расте, бидејќи високите цени на нафтата го забавуваат економскиот раст”, појаснува Накахара. Поумерен од Накахара е аналитичарот на Голдман Сакс, Џеф Кари според кој шест месечниот просек на цената на нафтата нема да се движи надвор од рамката 39 до 75 долари за барел.



Капитал број 794 16.01.2015

14

www.kapital.mk

Капитал анализа

510

500 490 480 470 460

Лоши кредити (во милиони евра)

450

445

440

426

430 420

410 Aug-13

422 Sep-13

428 Oct-13

425 Nov-13

Dec-13

428 Jan-14

433 419 Feb-14

Mar-14

Virusot na ban od firmite na


www.kapital.mk

Капитал број 794 16.01.2015

Капитал анализа

497 474 456

459

461

Jun-14

Jul-14

429

Apr-14

May-14

Aug-14

Sep-15

15

Банкарите проценуваат дека многу е веројатно вирусот на банкроти брзо да се прошири во банкарскиот сектор. Банките се под силен притисок да даваат евтини кредити во услови кога „пливаат во пари“, а во исто време се потешко успеваат да ги наплатат дадените заеми бидејќи компаниите се финансиски истрошени. Лошите кредити станаа „најлоши“ досега со удел од 16,9% во вкупното портфолио. Моќните банки ќе преживеат иако можеби ќе ги разочараат акционерите со полоши финансиски резултати, меѓутоа, помалите банки остануваат најзагрозени бидејќи тие и најтешко се справуваат со наплатата на кредитите. За девет месеци лани, четири мали банки направиле загуба од 3,1 милиони евра, што значи дека имаат повисоки трошоци отколку приходи и тоа несомнено ги води во банкрот.

nkroti se [iri a bankite


Капитал број 794 16.01.2015

16

www.kapital.mk

Капитал анализа

Димитар Богов

Глигор Бишев

гувернер на Народна банка

Б

претседател на Управен одбор на Шпаркасе банка

анкрот на некоја банка вообичаено се случува кога таа лошо го проценува ризикот на кој се изложува и клиентите не можат да и ги вратат земените кредити. Во услови на висока ликвидност и пад на каматните стапки, конкуренцијата на пазарот е голема, а под најголем притисок се банките кои имаат поскапи извори на финансирање и поради тоа не се конкурентни на пазарот на кредити. Нивните камати се повисоки поради што нивни клиенти стануваат поризични кредитобаратели. Народната банка како регулатор внимателно ги следи банките и презема соодветни мерки спрема оние со поризично портфолио со цел да го ограничи нивото на ризик кој го преземаат.

пишува:

Александар Јанев

aleksandar.janev@kapital.mk

З

агубите на помалите банки продолжуваат да се зголемуваат, како разултат на повисоките трошоци отколку приходи, што им создава големи проблеми и незивесност во работењето. За девет месеци лани, четири мали банки направиле загуба од 3,1 милиони евра. Со удел од 6% тие немаат добра позиција на пазарот и доколку не се спојат со некои од поголемите играчи или пак меѓу себе, осудени се на пропаст. Работејќи непрофитабилно со негативна стапка на поврат на капиталот од -11,4% вредноста на капиталот на помалите банки постојано се намалува. Според последните податоци, адекватноста на капиталот кај малите банки се намалила од 49,3% во 2011 година на 14,9% во септември лани со што се доближи до границата што ја бара Народната банка од 12%. Во случај капиталот на банките да падне под регулаторните лимити гувернерот може и директно да дава налози тие да се продаваат за да не пропаѓаат. Банкарите проценуваат дека многу е веројатно вирусот на банкроти брзо да се прошири во банкарскиот сектор. Банките се под силен притисок да даваат евтини кредити во услови кога „пливаат во пари“, а во исто време се потешко успеваат да ги наплатат дадените заеми бидејќи компаниите се финансиски истрошени. Така лошите кредити станаа „најлоши“ досега со удел од 16,9% во вкупното портфолио. Моќните банки ќе преживеат иако можеби ќе ги разочараат акционерите со полоши финансиски резултати, меѓутоа, помалите банки остануваат најзагрозени бидејќи тие и најтешко се справуваат со наплатата на кредитите. Глигор Бишев, претседател на Управниот одбор на Шпаркасе банка ја разбранува јавноста со изјавата во која вели дека „во последните неколку месеци македонските банки се инфицираат

В

исоката ликвидност и ограничената квалитетна кредитна побарувачка доведуваат до склоност ризикот да не се вградува соодветно во цената на кредитните банкарски производи. Тоа беше распространето пред кризата од 2007 до 2009 година во високо развиените земји, што доведе до потреси во банкарските системи и банкротства на голем број на банки, меѓу кои и банки со долготрајна традиција како што е Lehman Brothers. Изгледа, во последните месеци, македонскиот банкарски сектор започнува да се инфицира со тој вирус. Неговото ширење на долг рок ќе ја поткопа здравоста на финансискиот сектор.

со вирусот што доведе до потреси и банкроти на многу банки во развиените земји меѓу кои и Lehman Brothers“. „Високата ликвидност и ограничената квалитетна кредитна побарувачка доведуваат до склоност ризикот да не се вградува соодветно во цената на кредитните банкарски производи. Тоа беше распространето пред кризата од 2007 до 2009 година во високо развиените земји, што доведе до потреси во банкарските системи и банкротства на голем број на банки, меѓу кои и банки со долготрајна традиција како што е Lehman Brothers. Изгледа, во последните месеци, македонскиот банкарски сектор започнува да се инфицира со тој вирус. Неговото ширење на долг рок ќе ја поткопа здравоста на финансискиот сектор“, изјави Бишев. Гувернерот на Народната банка, Димитар Богов, пак, објаснува дека и покрај тоа што каматите паѓаат, банките соодветно се прилагодуваат на пониските каматни стапки така што побрзо ги намалуваат пасивните од активните камати, а високата ликвидност сама по себе не може да доведе до банкрот на некоја банка. „Банкрот на некоја банка вообичаено се случува кога таа лошо го проценува ризикот на кој се изложува и клиентите не можат да и ги вратат

земените кредити. Во услови на висока ликвидност и пад на каматните стапки, конкуренцијата на пазарот е голема, а под најголем притисок се банките кои имаат поскапи извори на финансирање и поради тоа не се конкурентни на пазарот на кредити. Нивните камати се повисоки поради што нивни клиенти стануваат поризични кредитобаратели“, објаснува Богов. Тој вели дека Народната банка како регулатор внимателно ги следи банките и презема соодветни мерки спрема оние со поризично портфолио со цел да го ограничи нивото на ризик кој го преземаат. „Токму затоа потребно е окрупнување во


www.kapital.mk

Капитал број 794 16.01.2015

Капитал анализа банкарскиот сектор“, потенцира Богов. Меѓутоа за окрупнувањето на банкарскиот сектор постојано се зборува со години наназад, но тоа никако да се случи. Последен пример на спојување на две помали банки во земјава е соединувањето на Еуростандард со Поштенска банка минатата година. Ниту една банкарска групација однадвор засега интерес за влез во Македонија иако постојано се зборува за можни аквизиции или преземања, а и гувернерот неколку пати повтори дека 15 банки се премногу на овој мал пазар. Неколкуте обиди за инвестирање во банкарскиот сектор од страна на некои турски или албански банки во изминативе години пропаднаа откако потенцијалните инвеститори не успеале да се договорат со акционерите околу цената.

Слабата наплата најголем ризик за банкрот на банките Неликвидноста што ги мачи приватните компании им создава главоболки и на банкарите бидејќи не можат да наплатат кредити во

вредност од 385 милиони евра. Тоа значи дека 16,9% од кредитите дадени на фирмите заклучно со септември лани се ненаплатливи и ова е највисоко ниво од 2006 година до сега. Сосе лошите кредити кај населението, произлегува дека банките не можат да наплатат 486,6 милиони евра. Најзагрозени од слабата наплата на кредитите се малите банки и кај нив уделот на лошите кредити во целото портфолио е најголем, 16,9%, меѓутоа, и големите банки не се имуни на овој проблем. Големата тројка во која спаѓаат Комерцијална, Стопанска и НЛБ Тутунска банка не можат да наплатат 13,9% од дадените кредити. Најдобро со наплатата се справуваат средните банки кај кои уделот на лоши кредити изнесува само 8%. Статистиката покажува дека по одделни сектори, први на црната листа на банките кои најтешко ги враќаат кредитите котираат трговските компании, индустријата, хотелите и рестораните како и фирми што се занимаваат со дејност во врска со недвижен имот. Слабата наплата на кредитите засега ги јаде само добивките на банките и голем дел од нив прикажуваат негативни финансиски резултати од работењето, меѓутоа, порастот на лошите кредити се заканува да ги доведе до работ на опстанок некои банки кои немаат финансиска моќ да ги покриваат загубите. Банкарите потврдуваат дека наплатата на кредитите оди се потешко бидејќи компаниите се финансиски исцрпени и нивната платежна способност се влошува. Претседателот на Управниот одбор на НЛБ Тутунска банка, Ѓорѓи Јанчевски, вели дека долгата економска криза е причината што домашните компании се во тешка финансиска кондиција. „Наплатата на кредитите од фирмите се влошува и тоа е очекувано бидејќи нема значително забрзување на економската активност. Порастот на економијата главно се должи на компаниите што работат во технолошко – индустриските зони, и по сектори најдобро се држат градежните компании поради нивниот ангажман во изведувањето на некои јавни инвестиции. Останатите домашни фирми помалку или повеќе се уште се соочуваат со криза. Порастот на лошите кредити засега не е драматичен и нашиот банкарски сектор во овој дел се држи подобро отколку сите други земји во регионот“,

17

објаснува Јанчевски. Тој вели дека овој негативен тренд повторно ќе ги направи банкарите поконзервативни во одобрувањето кредити. „Порастот на лошите кредити ќе влијае на промена на деловната политика на некои банки, особено оние кои што имаат најголем удел на нефункционални пласмани во своето портфолио“, смета Јанчевски. Гувернерот Богов објаснува дека проблемот не е општ за банкарскиот сектор, туку локализиран во одделни банки, и главно се однесува на кредити дадени пред неколку години после најголемиот удар на кризата. Но, во последниот квартален извештај на народната банка се наведува дека голем дел од овие нефункционални кредити се должат и на лоши кредитни одлуки на банките. Во овој извештај Народната банка предупредува и дека потенцијален ризик за зголемување на нефункционалните кредити се оние што доцнат со отплата помеѓу два и три месеци. Во случај сите да станат нефункционални со доцнење над три месеци, лошите кредити за еден месец би пораснале за околу 110 милиони евра дополнително.

Стресни резултати од стрес тестовите

Резултатите од стрес тестовите што ги спроведе Народната банка исто така покажаа дека доколку се случи црното сценарио во економијата, адекватноста на капиталот во банкарскиот сектор ќе се задржи над 12% колку што бара регулаторот, меѓутоа, банките во тој случај не би можеле да наплатат 33,2% од кредитите на фирмите, односно 750 милиони евра. По одделни сектори, најпроблематични за наплата би биле кредитите дадени на компании што се занимаваат со хотелиерство и угостителство, односно дури 45,9% од вкупните кредити, а според ова сценарио, инвеститорите во недвижности не би можеле да отплатат 43,5% од земените кредити. Состојбата кај граѓаните е подобра споредено со бизнис секторот. Лошите кредити дадени за населението според најлошото можно сценарио би се искачиле од 6,1% на 20,7%. Колку е ова сценарио возможно?! Откако европската економија повторно е во фаза на слабост, а германската економија ги покажува првите знаци на рецесија после 2009 година, меѓународните финансиски институции се повеќе искажуваат загриженост за економскиот раст. На домашен терен статистиката покажува дека економијата расте, меѓутоа, неликвидноста во бизнис секторот останува најголем проблем. Во земјава една фактура се наплаќа во просек за шест месеци, а некои од компаниите чекаат и до 10 месеци просечно за да наплатат. Во такви услови, и тие доцнат со плаќањето на ратите кон банките.


Капитал број 794 16.01.2015

www.kapital.mk

18

компании и пазари Se okrupnuva evropskiot telekom pazar, Make

One.Vip treba da don no verojatno i povis

Еве како ќе изгледа телеком пазарот по спојувањето на Оне и Вип пазарен удел* фиксна телефонија мобилна телефонија броудбенд интернет ТВ содржини

Македонски телеком 61% 46% 43% 27%

Оне.Вип

Останати

27% 53% 26% 34%

12% 1% 31% 39%

*Според состојбата на 30.6.2014 Извор: Агенција за електронски комуникации.

Резултати на телеком операторите во последните 5 години (во мил. Евра) Македонски телеком 2010 2011 2012 2013 2014*

приходи 284 256 224,4 202 133,4

*За првите три квартали

добивка 147,3 80 61,8 32,5 7,9

Оне приходи 72,5 67,3 73,6 80 57

Вип

добивка

9,5 14,4 8,35

приходи 35,8 53 60,3 65 44,8

добивка -5,2 6,3 12,1 15 9,3


www.kapital.mk

Капитал број 794 16.01.2015

компании и пазари

edonija ne e isklu^ok

19

nese podobri uslugi, soki ceni пишува:

Игор Петровски

igor.petrovski@kapital.mk

О

Сигнал не губат само мобилките во Македонија. И во ЕУ операторите се свесни дека мора да понудат подобри услуги на своите корисници, а за тоа треба многу да инвестираат, во време кога приходите континуирано паѓаат. Затоа тие се здружуваат, се преземаат едни со други, а тоа се вика консолидација на пазарот. Тоа се случува и во Македонија. Оне и Вип ги здружија силите во Оне.Вип, односите на моќта на пазарот се менуваат, а најавија и подобар квалитет на услугите. Но, веројатно, како и во Европа, тоа ќе има своја цена.

крупнување, т.е. консолидација на пазарот за телекомуникациски услуги што изминатиов период се заговара, но и веќе се случува низ цела Европа, не ја заобиколи ниту Македонија. Спојувањето на Оне и Вип, најавено во октомври лани, почна да се остварува на терен. Двата телеком оператори ќе се спојат во новооснована компанија со назив „Друштво за комуникациски услуги Оне.Вип ДОО Скопје“, соопшти деновиве Комисијата за заштита на конуренцијата (КЗК), до каде што и официјално пристигна барањето за спојување меѓу двата телекомуникациски оператори. Новата компанија ќе биде под единствена контрола на Мobilkom Mazedonien Beteiligungsverwaltung GmbH, австриска компанија која е дел од Телеком Австрија и е сопственик на операторот „Вип“. Трансакцијата е предмет на одобрување од страна на релевантните институции, а се очекува да биде завршена во следниве три месеци. За да се намали ударот од падот на приходите и да се овозможат соодветни услуги за корисниците, во ЕУ, а и во светски рамки постои тренд на спојувања и преземања на телеком операторите. Овој тренд е единственото решение за повеќето компании, велат пазарните аналитичари, кои освен што на тој начин обезбедуваат поголема продуктивност, овозможуваат и најновата технологија од светот на комуникациите да ја направат достапна за своите корисници. Овој тренд го потврдуваат и бројните примери. Во Холандија T-Mobile го презема Orange, со што на пазарот од 4 мобилни оператори сега оперираат 3 оператори. На уште поголемиот пазар во Велика Британија, T-Mobile го презема Orange и од 5 станаа 4 оператори, а Vodafone пак, го продаде за 110 милијарди евра својот дел во американскиот оператор Verizon Wireless и најави големи инвестиции за да ги подобри своите мобилни и интернет услуги. Шпанскиот оператор пак, Telefonica, го купи германскиот e-Plus за девет милијарди евра. Околу 72 милијарди евра потрошија европските телеком компании за преземања во 2014 година, според анализата на Thomson Reuters.


Капитал број 794 16.01.2015

20

www.kapital.mk

компании и пазари

Промена на односот на силите

Но, што ќе се смени на телеком пазарот во Македонија со спојувањето на Оне и Вип? Во државата ќе има два големи оператори, значи бројчано се враќаме на состојбата од пред 2007, пред Вип да влезе на пазарот, кога постоеја само Македонски телеком и тогашен Космофон, подоцна Оне. Но, тоа е единствената сличност со состојбата на пазарот од пред 7-8 години. Другото с$ е различно. Во тој период, Македонски телеком, односно Т-Мобиле, нудеше фиксна и мобилна телефонија, како и интернет. Космофон, кој што почна со работа во 2004 година, нудеше само мобилна телефонија, исто како и Вип три години подоцна. Во меѓувреме, од почетокот на 2009 година, Македонски телеком прв понуди и ТВ услуги преку интернет протокол (ИП), за подоцна и, тогаш веќе ребрендираниот Оне по купувањето на Космофон од страна на Телеком Словенија, да влезе во делот на понуда на фиксна телефонија, интернет и телевизиска содржина. Вип, од почетокот, с$ до лани летото беше фокусиран само кон понудата на услуги од мобилната телефонија, до моментот кога кабелскиот оператор Близу беше купен од страна на Австрија Телеком, компанијата-мајка на Вип. Со тоа практично и Вип стана играч во делот на интегрираните телекомуникациски услуги – фиксна и мобилна телефонија, интернет и телевизија. Каква е состојбата на пазарот сега, пред да почне и официјално Оне.Вип да функционира како нова компанија, произлезена од два оператори? Според најновите податоци од Агенцијата за електронски комуникации, заклучно со вториот квартал од 2014 година, Вип имал 27,58% од пазарниот удел во мобилната телефонија според вкупен број на активни претплатници и 29,27% удел во приходите од обезбедување на мобилни услуги, додека кај Оне овие бројки биле 25,08% и 21,19% респективно. Кај Македонски телеком, пазарното учество во мобилната телефонија е 46,10%, додека уделот во приходите е 49,25%. Оне во делот на фиксната телефонија има 15,78% удел, во делот на обезбедување пристап до интернет 11,61%, како и телевизиски услуги со 16,93%. Вип оператор пак, откако го купи кабелскиот оператор Близу кон средината на минатата година, исто така влезе на пазарот за фиксна телефонија, интернет и ТВ содржини, со 10,62%, 14,3% и 16,44% респективно. Ова значи дека новиот оператор по спојувањето, ќе има пазарен удел во мобилната телефонија од 53%, во фиксната телефонија од 26.4%, во интернет пристапот речиси 26%, а во обезбедувањето ТВ содржини 33,4%. Македонски телеком во фиксната телефонија има пазарен удел од 61,17%, во интернет 42,94%, во мобилната телефонија 46,1%, и во ТВ услуги 26,67%.

Како ќе се водат битките за корисници?

Овие бројки што претходно ги наведовме, во делот на односот

Европските оператори се спремни да вложат милијарди евра за подобри услуги

Но, сето тоа си има цена!

С

лаб сигнал и лош интернет не е “ексклузивитет“ само за македонскиот телеком пазар. Како што пишува Ројтерс, недостатоци има и во телеком услугите во сите земји од ЕУ. Помалку од една четвртина од Европјаните имаат пристап до брз интернет на мобилните мрежи, споредено со 90% од Американците. А броудбенд конекциите често се млитави. Но, исто така факт е дека и цените на телеком услугите во Европа се пониски од оние во САД. Граѓаните на ЕУ плаќаат во просек по 32 евра за месечна претплата за мобилен, додека Американците речиси двојно повеќе, според анализите на Groupe Speciale Mobile Association. Затоа и напорите на новата европска влада, Европската комисија , се насочени кон промена на оваа состојба, односно давање приоритет на инвестирањето во подобрување на услугите, наместо на прифатливоста на цените за сите и прашањата околу монополските позиции и сл. Од Брисел најавија дека ќе ги олабават строгите регулативи поврзани со концентрацијата на пазарот, односно спојувањата и преземањата на операторите. Овие промени ќе бидат голема победа за големите телеком компании во Европа, кои што долго време инсистираат на тоа дека овој сектор треба да се фокусира околу големите играчи што може да инвестираат повеќе во инфраструктура и технологија што ќе го подобри квалитетот на услугите. Меѓутоа, групите за заштита на потрошувачите, велат дека консолидацијата на пазарот ќе донесе и повисоки цени за мобилните и интернет услугите, затоа што како што операторите ќе стануваат поголеми и помоќни, ќе имаат поголема контрола врз тоа каква содржина за мобилните уреди ќе им нудат на своите корисници. Од европските оператори истакнуваат дека најновите спојувања и преземања ќе донесат и побрз интернет и подобар сигнал на мрежата, но дека тоа ќе има цена. Според Cisco Systems, во следните четири години се очекува во ЕУ бројот на договорени претплати за ултра-брза мрежа на мобилните уреди, да порасне за 1000%, како што с$ повеќе корисници ќе сакаат да добијат подобар квалитет. Но, исто така и просечната месечна претплата од сегашните 32 евра може да порасне на 60 евра. “Операторите се спремни да вложат милијарди евра “, вели Доминик Лерој, директор на белгискиот оператор Belgacom. “Но, не тоа не може да го направиме затоа што не може да си ги вратиме инвестициите“.


www.kapital.mk

на силите на пазарот, значат дека: Македонски телеком останува лидер во делот на фиксната телефонија, со преку 60% пазарно учество во делот на активни претплатници, но во делот на мобилната телефонија, каде што до вчера имаше лидерство, сега ќе биде операторот (Т-Мобиле) со помал удел, односно околу 46% наспроти 53% на Оне.Вип, и незначителните 1% на виртуелниот оператор Албафоне. Во делот на широкопојасниот интернет пристап, односот на силите ќе биде следниот: Македонски телеком со околу 43%, а Оне.Вип со 26%: Останатите 30тина проценти ги покриваат помалите оператори, кои што се преку 100 на број. Во делот на ТВ услугите пак, Оне.Вип ќе ја има лидерската позиција со 33.4%, а Македонски телеком ќе се бори да го зголеми својот удел од моменталните 27%. Со, тоа што Оне.Вип, како што стојат работите сега, ТВ содржини ќе нуди преку кабелската платформа на Близу и дигиталната DVB-T платформа на Оне под брендот BoomTV . Македонски телеком пак, ја нуди телевизијата преку т.н. Интернет протокол, или IPTV, под бреднот MaxTV. Во моментов с$ уште немаме сознанија како Оне.Вип ќе се однесува во поглед на ТВ услугите, дали ќе остане состојбата каква што е сега, или ќе има промени во насока на унифицирање на понудата, најверојатно во насока на посовремената и пософистицирана дигитална платформа. Треба да се истакне фактот дека во моментов во Македонија, кабелската телевизија учествува со половина (52%) на пазарот според начините на пренос на ТВ содржините до крајни корисници. Тука најголеми играчи се токму Близу, кој што пак на вкупниот пазар за ТВ услуги учествува со 16,5%, и Телекабел, кој што е лидер во делот на кабелска телевизија, а со учество на вкупниот пазар со 20%. Дигиталната телевизија на Оне учествува со речиси 17% на пазарот за ТВ услуги, а IPTV на Македонски телеком со околу 27%. Ова значи дека Оне и Вип заедно имаат поголем удел на пазарот за ТВ услуги во однос на Македонски телеком, но нудат содржини преку различни платформи. Сега засега, технички најсупериорна е платформата на Македонски телеком, во поглед на опциите што им ги нуди на корисниците (снимање, стопирање, ТВ тека, итн.), и се очекува борбата за придобивање на корисниците да продолжи токму во делот на овие погодности што им ги нуди телевизијата. Токму тие технолошки новитети што ги нуди дигиталната телевизија, и Оне ги истакнуваше во моментите кога ја доби лиценцата за да ја направи дигитализацијата на ТВ сигналот во Македонија, која што стартуваше од јуни 2013 година. Сега, со два големи оператори на пазарот, познавачите на пазарот велат, а и самите компании тоа го изјавуваа изминатиов период, клучни адути во борбата за корисници ќе бидат интегрираните услуги (мобилна и фиксна телефонија, Интернет, ТВ), комбинирани во пакети со две или три услуги. Со оглед на тоа што приходите од

Капитал број 794 16.01.2015

мобилната и фиксната телефонија на среден и долг рок ќе продолжат да паѓаат, операторите својата конкурентност ќе треба да ја одржуваат преку проширување на услугите во доменот на интернет содржини на мобилните уреди, интегрираните услуги за бизнис корисниците, поддршка на развојот на апликации и сл.

Дали услугите ќе поскапат?

Она што најмногу ги интересира корисниците и на Македонски телеком и на Оне.Вип е како ќе се движат цените на услугите во новонастанатите околности на пазарот. Операторите во последнава година бележат намалување на приходите заради намалените до 70% цени за интерконекција, како и заради и силната конкуренција поради што се жалат дека не можат да инвестираат во натамошен развој. Колку за илустрација, приходите на Македонски телеком во првите девет месеци од 2014 година се за 13% помали во однос на истиот период од 2013, а добивката е помала за 14,5%, доколку се исклучи ефектот од данокот на добивка поради промените во регулативата. Приходите од говорни мобилни услуги во првите девет месеци од 2014 година се намалиле за 20% во споредба со истиот период од претходната година како резултат на намалувањето на тарифите. Оне имаше пад на приходите од 6%, како и на добивката од 21%. Вип оператор пак, забележа пад на приходите од 10,2%, а на добивката од 8,8%. „Силната регулација на интерконекциските цени и веќе премногу ниските цени за мобилна комуникација ја поткопуваат финансиската сила и го намалуваат потенцијалот за инвестирање во инфраструктурата и евтини телефони за корисниците. Имајќи ја предвид и дополнително најавената регулација на роаминг цените, негативениот ефект врз индустријата ќе се засили, што особено ќе ги погоди инвестициите во модерна инфраструктура и технологии за натпревар во глобализираниот свет базиран на информации“, изјави пред извесно време главниот извршен директор на ВИП, Никола Љушев. Покрај намалувањата на цените наметнати од регулаторот, телеком операторите последниве неколку години водеа агресивна политика на намалување на цените на услугите, особено во мобилната телефонија. Сега веќе се нудат месечни претплати што вклучуваат неограничени разговори и смс пораки кон сите мрежи, како и солидна количина на мобилен интетрнет, за само десетина евра. Оваа жестока битка за корисници ги изеде профитите на операторите, и одржувањето, односно зоглемувањето на приходите и профитите на среден и долг рок ќе остане предизвик за овие компании. Инвестициите во инфраструктура и усовршени технолошки решенија ќе донесат подобар квалитет на услугата, но аналитичарите велат дека, исто како и во ЕУ (види ја рамката) тоа ќе си има своја цена, што на крајот ќе ја платат корисниците преку поскапите месечни претплати.

21


Капитал број 794 16.01.2015

22

www.kapital.mk

Интервју

Ivan Banovski генералeн директор на Макстил

Имајќи ја во предвид моменталната состојба и сите овие случувања на глобален план, нашите планови за 2015 година во поглед на производството ќе бидат таргетирани на 200.000 тони лим, како финален производ од Валавницата за дебел лим, а Челичарницата е таргетирана на количина која ќе биде доволна за реализација на овој финален производ, односно во рамките на 2014 година. Подобри во однос на 2013 година, но сепак далеку од производните можности на Макстил, односно околу 50 % од капацитетот.

Ni pretstoi u[te edna te[ka godina


www.kapital.mk

Капитал број 794 16.01.2015

Интервју

23

Најголемиот предизвик и наредната година ќе биде пазарот и отежнатите услови за пласман на нашите производи. Во таквите околности компанијата ќе биде принудена да работи дисконтинуирано, кампањски и со нецелосна искористеност на капацитетите, што ќе има силни рефлексии на нивото на производните трошоци и влошување на економските перформанси по тој основ. Во вакви околности очекуваме државата да има целосно разбирање за ситуацијата и да не ослободи од бројните често неразбирливи и менливи системски решенија како што се задолжницата, законот за финансиска дисциплина, добивката, хонорарно ангажираните лица, задолжителното вработување на инвалидизираните лица и редицата други наметнати законски решенија кои социјалната функција на државата ја пренесуваат на реалниот сектор XX Каква очекувате дека ќе биде 2015 година на економски план? Во 2015 година на економски план не очекувам да биде нешто поразлично од 2014 година. Гледано од страната на Макстил, односно во делот на производство на челик и челични полуфабрикати, не очекуваме да има позначајни придвижувања, што значи ни претстои уште една тешка година. Сето ова размислување и очекување се должи на повеќе реални факти, а тоа се пред се: повеќегодишната економска криза, особено во Европа (нашата најголема одредница за пласман на нашите производи), каде што најсилно беше погодена челичната индустрија и потешкотиите за излегување од таа криза, надополнето со случувањата на релација Европа –Русија и САД –Русија заради случувањата во Украина. Понатаму, случувањата на Блискиот исток, слободниот пад на цената на нафтата, односот на евро-долар...Неизвесноста од разрешницата на сите овие случувања со последиците од тоа, кај инвеститорите дава одредена несигурност во носењето на одлуки за реализација на поголеми проекти, кои на некој начин се и двигатели на економијата. u Какви се плановите на Макстил за следната година, колку очекувате дека ќе го зголемите производството, продажбата и на домашен и на странски пазар? Планирате ли нови инвестиции со цел да го проширите бизнисот? Имајќи ја во предвид моменталната состојба и сите овие случувања на глобален план, нашите планови за 2015 година во поглед на производството ќе бидат таргетирани на 200.000 тони лим, како финален производ од Валавницата за дебел лим, а Челичарницата е таргетирана на количина која ќе биде доволна за реализација на овој финален производ, односно во рамките на 2014 година. Подобри во однос на 2013 година, но сепак далеку од производните можности на Макстил, т.е околу 50 % од капацитетот. Распределбата на производите на домашен и странски пазар не очекуваме да претрпат некои измени во соодносот и тие би биле исти како и минатата година. На почетокот на 2015 година, уште во месец јануари очекуваме да ја завршиме нашата моментално најголема инвестиција вредна

11 милиони евра, од делот на екологијата, односно новата филтерска постројка со која ќе ги исполниме строгите европски норми за емисија на гасови во воздухот, а со тоа ќе ја завршиме и последната обврска од оперативниот план за усогласување со А-интегрираната еколошка дозвола. Исто така, во 2015 година, некаде во март, очекуваме да завршиме и со реконструкцијата на електролачната печка и реконструкцијата на шаржирната 160 тонска дигалка, инвестиција вредна 2,2 милиони евра, за која се потпишани договорите, а крајниот рок за реализација е месец март 2015 година. Со оваа инвестиција ќе имаме зголемување на енергетската ефикасност на директен и индиректен начин, со што ќе ги намалиме трошоците за преработка, кои во овакви исклучителни тешки услови за работење, при намалена побарувачка на нашиот производ и ниски цени, и тоа како ќе ни помогне да останеме конкурентни на пазарот. Исто така, имаме спремни и неколку други проекти, кои се поврзани со енергетската ефикасност, но и со подобрување на квалитетот и можност за проширување на производниот асортиман, но приоритетот за реализација накнадно ќе биде договорен. XX Кои се најголемите предизвици според вас со кои што ќе се соочат компаниите следната година? Што сметате дека треба да се подобри во бизнис климата за да може фирмите подобро да работат? Најголемиот предизвик и наредната година ќе биде пазарот и отежнатите услови за пласман на нашите производи. Побарувачката како што истакнав ќе биде недоволна, што ќе се рефлектира и на нивото на продажните цени. Во таквите околности компанијата ќе биде принудена да работи дисконтинуирано, кампањски и со нецелосна искористеност на капацитетите, што ќе има силни рефлексии на нивото на производните трошоци и влошување на економските перформанси по тој основ. Во вакви околности очекуваме државата да има целосно разбирање за ситуацијата и да не ослободи од бројните често неразбирливи и менливи системски решенија како што се задолжницата, законот за финансиска дисциплина, добивката, хонорарно ангажираните лица, задолжителното вработување на инвалидизираните лица и редицата други наметнати законски решенија кои социјалната функција на државата ја пренесуваат на реалниот сектор и кои воопшто не кореспондираат со определбите за „doing business“. Би го споменал тука и навременото враќање на ДДВ-то од причини што во вакви финансиски напрегнати состојби, нема елементарна економска логика за значителна финансиска изложеност на компаниите за финансирање на јавните трошоци на државата.


Капитал број 794 16.01.2015

24

www.kapital.mk

Company Profile

Eko Plast - Tehnika, Kavadarci

"Zeleno" i profitab пишува

Игор Петровски

И

igor.petrovski@kapital.mk

скуството како менаџер во компанија за рециклирање на пластична амбалажа, младиот кавадарчанец Ристе Андов решил да го искористи за почнување сопствен бизнис. Така настанала Еко Пласт-Техника, компанија што почнала со работа на почетокот од минатата година со поддршка од Проектот на УСАИД за микро и мали претпријатија. Основна дејност на фирмата е рециклирање на пластика (ПЕТ отпадни шишиња, polyethileneterephtalate), при што по технолошко/

механичкиот процес (кој се состои од сепарирање, мелење, перење, сушење и пакување) се добива краен производ - пет лушпи (pet flakes) кој претставува понатамошна суровина за производство на полиестерно влакно, гранулат и ПЕТ табли кои се користат за пакување на храна и пијалоци, козметика, детергенти и фармацевтски производи. Полиестерните влакна произведени од pet flakes се користат како суровина во текстилната и конфекциската индустрија. “Од нашиот погон излегуваат два финални производи: ‘transparent’ или ‘clear flakes’ (проѕирни снегулки), каде што се користат прозирни и светло плави шишиња и ‘mix flakes’ каде што се користат шишиња во сите останати

бои. Крајниот производ е наменет целосно за извоз, при што моментално целото производство се извезува на купувачи од Германија и Италија, а во брзо време се очекува и првиот извоз за Словенија”, ни рече Андов кога неодамна го посетивме неговиот производен погон во Кавадарци. Крајните корисници/купувачи на производите на Еко ПластТехника сеогромни капацитети за преработка на pet flakes, кои што бараат од своите добавувачи одличен квалитет по прифатливи цени, ни објасни нашиот домаќин. “Тие имаат неколку производи што прават од пет флејксот, претежно во текстилната индустрија, каде што се прават теписони за автомобилите и сл. Исто така, како краен производ

се прави и амбалажа за прехранбената и други индустрии“, додава Андов.

Помош од инвестициски фонд

Еко Пласт-Техника е лоцирана во индустриски комплекс, во кој што се обезбедени сите услови за работа. Компанијата исто така ги има добиено сите потребни лиценци од Министерството за животна средина, што значи дека освен грижата за преработка на пластичен отпад, Андов и неговите вработени постојано вложуваат напори и грижи да се елиминира било какво загадување на животната средина. Моментално Еко Пласт Техника брои 7 вработени, главно ангажирани во производствениот процес.


www.kapital.mk

Капитал број 794 16.01.2015

Употребени пластични шишиња од цела Македонија доаѓаат во погонот на стартапот од Кавадарци, каде што се претвораат во “пет флејкс“ – пластичен полупроизвод што потоа оди во западна Европа на понатамошна доработка. Можеби патосниците во вашиот автомобил се произведени токму од “снегулките“ на Еко Пласт-Техника.

Сопственикот на Еко Пласт-Техника, Ристе Андов најавува двојно зголемување на производството со воведување уште една работна смена

bilno

Како резултат на зголемениот обем на работа, компанијата планира да воведе уште една дополнителна смена, каде што се планира да се вработат уште 7 вработени. “Сегашниот производство на погонот е 50-60 тони месечно, во една смена, а јас имам инсталирано машини што

може да произведат и двојно повеќе“, вели Андов. За да може да ја реализира својата идеја, да ги финансира потребите за обртен капитал поврзани со плановите за проширување, Еко ПластТехника во јуни минатата година доби инвестција од Micro Investment Fund (MIF/MIF). Со помош на парите од МИФ, набргу компанијата планира да инвестира во уште една производствена линија со која би го заокружила првичниот концепт и замисла. Понатамошниот раст се очекува да се заснова и на зголемување на ефикасноста и ефективноста на процесот на производство, а со тоа и благо зголемување на произведените количини.

Суровина има колку сакаш, нарачки за “пет флејкс“ исто така

Андов вели дека суровина има доволно, што ја обезбедува од компании што се занимаваат со откуп на пластични шишиња низ цела Македонија. “Партнерите мои од Германија се фирми со обрт од 20 милиони евра, тие се таму средни компании, јас сум

Company Profile

25

Вака изгледа Pet flakes (ПЕТ лушпи или снегулки), производот што излегува од погоните на Еко Пласт-Техника

Целото производство е за извоз, засега во Германија и Италија за нив мал играч. Рокот за плаќање на нивните обврски кон мене е 30-40 дена, а јас на моите добавувачи на суровина морам да им платам веднаш, така стојат работите во овој бизнис. Тоа премостување на периодот додека јас ги чекам своите пари, го направив со помош на дел од парите што ги добив од фондот“, вели Андов. Ни рече дека опремата ја набавил од Кина, направена по негова спецификација. . Во моментов има уште еднадве компании во Македонија што работат ова истово, а конкуренција од регионот се фирми претежно од Бугарија, Србија и Романија “Побарувачката за овој производ е голема, потенцијалот е голем. Во Македонија ние сме мали според количината што ја произведуваме. Ако почнат

да побаруваат и поголеми количини, ќе мораме да соработуваме, не само компаниите од земјава, туку и меѓу себе регионално. Но, за жал, во моментов не гледам расположение кај компаниите за некаква соработка. А, расцепкани многу потешко ќе постигнеме и добра цена и ќе обезбедиме добри нарачки“, објаснува Андов. Како компанија што е на пазарот едвај една година, Еко Пласт-Техника с$ уште не е во состојба да привлече поголемо внимание на банките и да добие поволни кредити за развој на својот бизнис. Токму затоа и парите од МИФ се добредојдени во оваа почетна фаза, а сопственикот Андов се надева дека наскоро, кога ќе се покаже успешноста на проектот, фирмата ќе може да биде интересна и за банкарите.


Капитал број 794 16.01.2015

26

www.kapital.mk

Претприемништво

se te i Ko obri a jd ii z awe a n pc ir t o ans io [ ? n fina vart-up sta

П

Biznis ideit imaat potreb semejstvoto i

овеќето претприемачи научија дека многу често најлесниот и најбрз начин да се дојде до кеш е да се побара од некој што го познавате, отколку од некој бизнис ангел или професионален инвеститор. Всушност, многу инвеститори би сакале да имате веќе некоја инвестиција, пред тие да се одлучат да ви помогнат. Јасно е, инвеститорите инвестираат во луѓето, пред да инвестираат во идеи или производи. А со оглед на тоа дека не ве познаваат (с$ уште), првата проверка за вашиот интегритет тие ја прават преку вашите пријатели и семејството, односно колку тие веруваат во вас и ве поддржуваат со нивни пари да ја остварите вашата идеја. Доколку семејството и пријателите не го прават тоа, тогаш зошто тие, како целосни странци, би инвестирале во вас? Пријателите и семејството најчесто нема да очекуваат исто ниво на софистицираност на бизнис моделот и финансиите како тоа што ќе го очекува професионалниот инвеститор, но секако дека и тие ќе очекуваат да видат некакви резултати. Познавачите ги наведуваат следните работи како клучни, за кои треба да размислите како претприемач, пред да разговарате со вашите пријатели, семејство, или некои “будали“, како што во светскиот стартап жаргон се нарекуваат оние што ќе ви ги доверат своите пари за да со нив правите бизнис:

Имате одлична бизнис идеја, но ви фалат финансии да ја реализирате? Еве како познавачите објаснуваат каде прво да се обратите за средства и на кој начин да го направите тоа. Кога треба да се обратите кај пријателите и семејството за пари, а кога кај приватните инвеститори?


www.kapital.mk

Капитал број 794 16.01.2015

Претприемништво

te vo rana faza ba od prijateli, i "budali" 1.

Не плашете се да побарате пари Ако само седите и се надевате дека некој ќе дојде и ќе ви понуди пари за да го почнете вашиот бизнис, тогаш ќе се изначекате. Од друга страна, ако отворено го започнете разговорот со реченицата „Ми требаат пари“, тогаш нема да имате ниту пријатели, ниту пак пари. Вежбајте го разговорот, и на крај побарајте го она што ви треба.

2.

Респектирајте ги луѓето околу вас Ништо не го убива оптимизмот и желбата да ви се помогне побрзо од тоа да пристапите со негативно и арогантно однесување. Ако некој се реши да инвестира во вашата компанија, секако дека тие ќе очекуваат да поминете доволно време заедно, или за да ви помогнат или да го разговарате околу прогресот. Никој не сака песимисти и безобразно однесување

3.

За вашата идеја разговарајте со страст Вашите пријатели и семејството брзо ќе сфатат колку сте вие искрени и колку добро сте ја разгледале идејата, зошто тие подобро ве познаваат. Потребно е да ги убедите дека сте поминале доволно време работејќи на вашата визија, и дека добро сте ги разработиле сите аспекти. Само сонување и споделување на идејата која сте ја добиле во моментот, нема да биде премногу респектирана.

4.

Демонстрирајте прогрес и дадете „ваш белег на играта“ Да кажете дека ви требаат пари за да почнете, не е доволно убедливо како да кажете дека ќе направите некаков прототип, нешто по што ќе бидете препознатливи, но и дека затоа ви се потребни повеќе средства. Сите ние знаеме луѓе што знаат добро да зборуваат, но не направиле ништо од тоа. Никој не сака да ги поддржи таквите луѓе.

5.

Побарајте минимум место максимум средства Сите ние би сакале да имаме милион долари за да ја изградиме нашата компанија од соништата. Но минимални се шансите, да најдете некој кој ќе ви даде толку многу средства на самиот

27

почеток. Поставете си краткорочни цели, за три или четири месеци, и покажете што се може да направите, место да барате повеќе.

6.

Разговарајте за ризиците и направете договор Биде искрени со членовите од семејството или пријателите за можните ризици. Не земајте пари од семејството или пријателите кои не можат да си дозволат да ги изгубат тие пари. Размислувајте добро и за последиците што би било доколку вашиот старт-ап бизнис се соочи со неуспех и ги изгубите вложените пари.

7.

Покажете добри и позитивни вредности Разгледајте ги сите можности како со минимум средства да направите најмногу што можете, додека се уште го развивате вашиот основен бизнис. Во високата технологија, ова се вика “пуштете го порано и тестирајте го“, тоа овозможува да направете корекции во текот на создавањето, како и да го прилагодите вашиот производ на промените на пазарот. Исто така, ова покажува прогрес уште во рани фази.

8.

Создавајте врски, па барајте пари Дружете се со цел да изградите добри односи со инвеститорите уште пред да побарате пари. Доколку го имате вистинскиот проект, место само идејата, можноста да ги придобиете инвеститорите е многу поголема. Тогаш имате тема за која веќе можете да дискутирате, имате и кредибилитет како претприемач. Прво изградете пријателство, побарајте совет за проектот, а дури подоцна побарајте пари.

9.

Вашето семејство и пријатели нека бидат првиот извор за средства С$ на с$, не ги гледајте вашите пријатели и семејството како последен извор на пари. Постојат многу предности, како споделување на профитот со пријателите и семејството, како и стратегиски кредибилитет кој побрзо се стекнува преку финансирање направено од некој кој го познавате, отколку од професионален инвеститор.


Капитал број 794 16.01.2015

28

www.kapital.mk

државно управување

Kolku se - tolku se, sekoga[ malku se

Samo lani potro[eni 3 evra za privremeni vra пишува:

Габриела Делова

gabriela.delova@kapital.mk

фотграфија:

фотоархива на Капитал

Р

ечиси три милиони евра потрошиле лани државните и јавните институции за ангажирање на привремени работници. И покрај честите огласи, преку кои, не ретко се бараа и над 500 нови вработувања, се чини на државните и јавните институции секогаш им фали вработен повеќе. Според информациите од Буџетот за 2014 година, но и податоците на Бирото за јавни набавки, најмногу пари за привремени вработувања трошеле министерствата, јавните претпријатија и општините. И додека средствата потрошени за привремени вработувања се јавни, се уште останува тајна колку вкупно лица се привремено ангажирани, како што мистериозна е и бројката за тоа колку вработени има во македонската

администрација. Буџетските пресметки покажуваат дека во 2014 година од буџетот потрошени се 1,44 милион евра за привремени вработувања, а информациите од Бирото за јавни набавки покажува дека потрошени се речиси три милиони, или прецизно 2,72 милиони евра. Разликата меѓу двете суми е поради тоа што, општините, јавните претпријатија и установи, освен од државата (буџетот) се финансираат и од други извори. Од министерствата, предводи Министерството за образование, кое лани потрошило 531 илјада евра на привремени вработувања. Од државните институции, пак, најмногу потрошила Управата за јавни приходи. Според податоците од Буџетот за 2014 година, УЈП потрошила вкупно 162 илјади евра на привремени вработувања. Инаку, во моментот таму работат 1.258 трајно вработени лица. Привремени вработувања се предвидуваат и за оваа година. Буџетот за 2015, покажува дека државата и оваа година ќе потроши околу 1,35 милиони евра за ангажирање на привремени работници.

Јавните претпријатија трошат најмногу на привремени вработувања!

Сепак, гледано по висина на потрошени средства во текот на годината, јавно достапните податоци, покажуваат дека јавните претпријатија трошат најмногу на привремени вработувања. Тука во прв ред се Јавното сообраќајно претпријатие Скопје и Јавното претпријатие за комунална хигиена Скопје. Првото, потрошило 813 илјади евра за привремени вработувања, додека пак второто, ЈП Комунална хигиена, 578 илјади евра. Инаку, според последните јавно достапни информации, ЈСП Скопје брои 1298 вработени, додека „Комунална хигиена“ Скопје има 922 вработени. За привремени вработувања трошеле и дел од општините. Вкупно единаесет општини во текот на изминатата година имале потреба од привремени вработувања. Притоа сумата која тие ја потрошиле за ангажирање на ваков кадар се движи под 100 илјади евра по општина. Најмногу потрошила Општина Делчево, која одвоила 58 илјади евра за


www.kapital.mk

Капитал број 794 16.01.2015

државно управување

29

Колку буџетски средства се одвојуваат за привремени вработувања Институција Собрание ДИК СОЗР Финансии Царина УЈП Агенција за промоција на туризмот Министерство за животна средина Министерство за земјоделство Министерство за труд и социјала Министерство за образование МИОА Министерство за здравство МАНУ ВКУПНО:

2014 ребаланс (еур) 156.000 8.130 16 32.520 8.570 162.600 13.000 54.470 48.780 103.000 530.900 116.000 45.530 164.500

2015 (еур) 150.000 8.500 0 130.000 0 162.000 0 30.000 48.780 113.800 531.000 0 45.500 130.000

1.44

1.35

милиони евра милиони евра

Кои и колку трошеле на привремени вработувања во 2014 Министерства Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство Министерство за финансии Управа за јавни приходи

3 milioni abotuvawa! И покрај честите огласи за трајни вработувања, на Владата се чини секогаш и фали вработен повеќе. Лани, само министерствата и владините тела потрошиле 1,44 милион евра за привремени вработувања, во услови кога паралелно во текот на годината течеа огласи за најмалку 2.000 трајни вработувања (600 само рамковни и 800 само во полиција). Меѓу нив, за вакви привремени решенија, најмногу потрошиле Министерството за образование, Управата за јавни приходи и јавните претпријатија. По нив следат факултетите и општините. За оваа година, Владата предвидела уште 1,35 милиони евра за вакви вработувања. Во меѓувреме, вкупната бројка на администрацијата се уште останува непозната

Јавни претпријатија Јавно сообраќајно претпријатие СКОПЈЕ ЈП Комунална хигиена Скопје Јавно претпријатие за државни патишта JПКД Брегалница Делчево ЈКП Илинден н.Илинден ЈП Водовод Куманово ЈП Комуналец - Крива Паланка

Потрошиле

Вкупно (трајно) вработени

52 илјади евра

1.030

162 илјади евра

1.258

Потрошиле

Вкупно (трајно) вработени

813 илјади евра

1.298

578 илјади евра

922

160 илјади евра

306

57 илјади евра 57 илјади евра 130 илјади евра 29 илјади евра

Општини Општина Бутел Општина Охрид Општина Струмица Општина Делчево Општина Штип Општина Демир Капија

Потрошиле 36 илјади евра 41 илјада евра 7 денари 57 илјади евра 1 денар 49 илјади евра

Општина Ѓорче Петров

49 илјади евра

Општина Илинден Општина Кочани ЕЛС Општина Берово Општинска јавна установа Пехчево

30 илјади евра 41 илјада евра 42 илјади евра

73 55 245 69 Вкупно (трајно) вработени 59 260 174 32 129 23 нема информација 42 85 49

20 илјади евра

19

Образовни институции Факултет за ветеринарна медицина - Скопје Универзитет Св. Кирил и Методиј Економски факултет - Скопје

Потрошиле 288 илјади евра 58 илјади евра

Вкупно (трајно) вработени нема информација нема информација

ЈОУДГ Павлина Вељанова - Кочани

54 илјади евра

64

ЈДГ Весели Цветови - Скопје

36 илјади евра

84


Капитал број 794 16.01.2015

30

www.kapital.mk

државно управување

привремени вработувања. По неа следат Општина Демир Капија и Општина Ѓорѓе Петров, кои потрошиле по 49 илјади евра за ангажирање на ваков кадар. Инаку, во Делчево во општината работат 32 лица, во Демир Капија 23, а во Ѓорѓе Петровнема информација. Куриозитет е податокот дека Општина Штип и Општина Струмица, потрошиле еден денар, односно седум денари за ангажирање на привремени работници. Притоа, проценетата вредност за Штип била 325 евра, додека пак кај Струмица и проценетата вредност на договорот изнесува седум денари, колку што и се потрошени. Интересно е и дека само овие набавки се направени преку договори склучени во „четири очи“, односно постапка без претходно објавување оглас,оти останатите се спроведени преку отворена постапка.

Пола милион евра потрошил секторот наука и образование

Потреба за ангажирање на привремени вработувања имале и образовните и научни институции. Само 288 илјади евра потрошил Факултетот за ветеринарна медицина Скопје. Околу 130 илјади евра потрошила и Македонската академија за науките и уметностите за ангажирање на привремен кадар, а таму работат 58 постојано вработени лица. По нив следуваат Економскиот факултет и градинките. Економскиот факултет за привремено вработени лица потрошило 58 илјади евра, додека пак градинките, вкупно две според податоците на Бирото за јавни набавки, заедно потрошиле 90 илјади евра.

Преку кои агенции се ангажираат привремено вработените?

Н

ајмногу тендери за ангажирање на привремени вработувања добиле Агенцијата „СПИД“ и Агенцијата „Контакт Бизнис“. Од вкупно 25 тендери во текот на 2014 година, Агенцијата „СПИД“ добила осум, додека „Контакт Бизнис“ шест тендери. Вредност на тендерите кои ги добила „СПИД“ се нешто повеќе од пола милион евра, односно 570 илјади евра. Вредноста пак на тендерите кои ги добила „Контакт Бизнис“ се 404 илјади евра. Останатите агенции за привремени вработувања, добиле од еден до три тендери. Меѓу нив се „Партнер“, „Арбеит Де“, „Мотиви“, „Анторис“, „Реалност- 06“ и „Депов Кочани“.

ПОКАНА На 19 март 2015 година (четврток) во просториите на НБРМ, на 8. кат, со почеток во 14 часот, ќе се одржи 16. сесија на Клубот на истражувачите Доколку сакате да го презентирате Вашиот работен материјал на оваа сесија на Клубот на истражувачите, Ве молиме да н$ известите најдоцна до 2 март 2015 година (понеделник). Се надеваме дека ќе предизвикаме интерес кај Вас и кај Вашите колеги за учество на Клубот на истражувачите. Ве молиме да го потврдите Вашето присуство на оваа сесија на Клубот на истражувачите најдоцна до 16 март (понеделник) 2015 година на тел. +389 2 3298 110; електронска пошта: marketing@kapital.mk Напоменуваме дека зачленувањето во Клубот е од отворен карактер, за што подетални информации можете да видите на следнава врска: www.nbrm.mk/Клуб на истражувачи.


͚ͥͦ͘ ͙ͥͩ͟͠͠ ͧͨͪ͘͘͢͢͠ ͘͟ ͚ͫͥͧͨͫ͘͘͜͝χ͝ ͥ͘ ͙ͨͦͪͪ͘͘͘ ͥ΃΍ ͡͵Ϳͺ͹΃΂ͽφ͵ ΃΅͸͵΂ͽͼ͵·΃΅ ΂͵ ΄΅ͷͽ΃· ͙ͺ΂ ΂͵ ͹ͺ΀΃ͷ΂͵·͵ Ά΃΅͵Ͷ΃·Ϳ͵ 6XSSOLHUV 'D\ ͷ΃ ͡͵Ϳͺ͹΃΂ͽφ͵

Ф

армацевтската компанија Рош Македонија за првпат претстави нов модел на комуникација со своите соработници и бизнис-партнери. Станува збор за нова бизнис-практика, која на светски рамки е често користена, но сепак за македонските компании непозната. Под мотото „Градиме подобро општество со нашите бизнис-партнери“, Рош Македонија, организираше Ден на деловната соработка (Suppliers Day), односно ден посветен на соработниците, на бизнис-партнерите, набавувачите и дистрибутерите. Повеќе од шеесет соработници од различни компании присуствуваа на овој настан, организиран токму за нив. Целта на настанот беше да се разменат ставови и искуства помеѓу соработниците, да се презентираат стандардите и протоколите на работа на Рош и истите да бидат детално објаснети и јасно утврдени со сите соработници. Ваквиот начин на дружење и комуникација ќе придонесе за подобрување на односот, пораст на обемот на соработка меѓу Рош и неговите набавувачи во иднина, како и подобрување на ефикасноста во целокупната соработка.

Добрите релации со соработниците и набавувачите претставуваат важен темел за успешен развој на секоја компанија. Одржувањето квалитетни односи меѓу бизниспартнерите, меѓусебното запознавање на основните стандарди и етичките вредности е важно за сите компании кои имаат заедничка соработка. Колку повеќе се унапредуваат меѓусебните односи, толку повеќе квалитетот на соработка ќе се зголемува.

„Suppliers Day“ беше прв настан од ваков вид организиран не само во Македонија туку и во целиот регион во кој постои компанијата (Источна Европа, Централна Азија и Кавказ). Овој ден беше важен чекор за постигнување успешни, одржливи и долгорочни односи со деловните партнери. Рош Македонија уште еднаш даде пример до сите македонски компании како треба да комуницираат со своите партнери и соработници, бидејќи само со сериозен деВисоките етички стандарди се императив ловен пристап, сериозна, напорна и посво работата на Рош Македонија. Тие се ветена работа се станува лидер во областа стандарди кои се имплементираат во це- во која делувате. локупното работење на компанијата било да е бизнис операција или соработка со бизнис-партнерите.

1 2 3 1

! " "# $

" %&$ ' $(&$) *+ )&, $&( "+- * .+/& % . 0&* 4 3 4


Капитал број 794 16.01.2015

32

www.kapital.mk

профил

кој е? Aleksis C

a t a k ^ r g a n e c i l o t o v no politi^ka scena

Radikalniot levi^ar od koj se pla[i i Evropa за нападите врз Чарли Ебдо

Нападите во Париз не се само напад врз човештвото, туку и напад врз слободата на изразување и врз демократијата. Ова не засега сите, и нас како држава во која во последно време на удар се и слободата на медиумите и демократијата. Ние ги осудуваме овие напади без разлика на нивните мотиви. За нас, екстремизмот кој ја напаѓа слободата на говор, која ги третира различните видувања на нештата со насилство, и што ја негира јавната дебата, е нешто што мора да биде осудено. Сепак нема на овој масакар да одговориме во насока на исполнување на целите на неговите извршители. Тоа е намалување на демократските процеси, ограничување на човековите слободи и права, преку ограничување на принципот на владеење на правото. Ние нема да го поддржиме расизмот и ксенофобијата кои полека навлегуваат во Европа, и се користат од некои за да се стигматизираат, маргинализираат и репресираат разликите во нашите општества.


www.kapital.mk

Капитал број 794 16.01.2015

фото: koutipandoras.gr

Cipras

С

Габриела Делова

Л

gabriela.delova@kapital.mk

За жал, со години, држиме отворена една рана, сега расте национализмот, опасен национализам, тешко е да има договор со другата страна. Тука, требаше да се има решено овој проблем и да имавме продолжено кон голем напредок во економските релации и трговските релации, бидејќи други се опасните фронтови во нашата надворешна политика. За жал, ова го држиме отворено сите овие години.

33

о 4,5% водство на последните анкети, над владејачка партија, Неа Демократиа предводена од актуелниот премиер Андонис Самарас, Алексис Ципрас, лидерот на крајно левата партија СИРИЗА, се наметнува како веројатен победник на предвремените парламентарните избори во Грција, закажани за 25 јануари. Иако е малку веројатно дека дури и да победи, Ципрас ќе има доволно мнозинство сам да создаде влада, сепак неговото брзо издигнување на грчката политичка сцена заедно со неговите радикални ставови, многумина го гледаат со страв од можни силни последици не само по грчките, туку и европските политики. Доколку успее во своите планови, многумина тврдат дека Грција може да биде само почетокот на домино ефектот во Европа, барем кога станува збор за долговите кои земјите, најмногу погодени од кризата, треба да и ги отплатат на ЕУ пишува:

за прашањето за името со Македонија

профил

идерот на грчката лева партија СИРИЗА, Алексис Ципрас, или радикалниот трендсетер, како што го нарекуваат некои од угледните магазини во Европа, барем според последните анкети во Грција, се наметнува како сериозен кандидат кој би ја повел победата на претстојните предвремени парламентарни избори во оваа земја, закажани за 25 јануари, кои дојдоа како последица на неможноста грчкиот парламент да избере нов претседател на државата. Ципрас важи за релативно младо лице на грчката политичка сцена (посериозно присутен од 2006 година), но неговото брзо издигнување, што за релативно краток период му го донесе првото место на рејтинг листите во Грција, не само што им ги поматува сметките на двете традиционално најголеми партии во оваа земја, кои важат за династии кои со децении ја држат политичката сцена во свои раце- Неа Демократиа и ПАСОК, туку е голем „залак“ и за европските челници, кои со големо внимание го чекаат исходот од изборите кои ќе се случат за десетина дена. Ова најмногу поради

нетрадиционалните ставови на Ципрас, особено кон пакетот штедни мерки кои Грција ги има со ЕУ, или попознати како договор на Грција со Тројката (ММФ, ЕБЦ и ЕУ), а кои предвидуваат стопирање на преговорите, или во најмала рака ревидирање на истите, кои во одредена мера предвидуваат и отпишување на голем дел од долгот на Грција. Оттука, стравот на многумина европски аналитичари е дека доколку навистина победата на СИРИЗА во Грција, доведе до стопирање на преговорите со ЕУ околу пакетот мерки за надминување на кризата, Грција ќе биде само почетокот на домино ефектот кој би можел да се случи во Европа, што во превод значи отворање на можноста и останатите земји како Шпанија, Италија и Франција да ги ревидираат разговорите со ЕУ околу пакетот штедни мерки и да бараат отпишување на долговите. Во овие услови, впечатокот е дека сите очи на засегните страни во Европа, првенствено се вперени во германската канцеларка Ангела Меркел, во која сите гледаат решение за справување со последиците кои би можеле да ги предизвика евентуалната победа на СИРИЗА на чело со Ципрас. Иако, официјална порака директно од Меркел отсуствува, сепак политичари


за мерките за штедење на ЕУ

www.kapital.mk Што доколку Германија одбие да го отпише долгот

Капитал број 794 16.01.2015

34

профил

Ние сакаме да ги промениме мерките за штедење во Грција, но и во Европа. Сакаме да го направиме тоа преку инкорпорирање на други сили и луѓе од Европа, луѓе кои сакаат големи промени. Сите сфаќаат дека со оваа политика ние одиме директно во пеколот. И ние сакаме да го промениме тоа.

СИРИЗА е будилник кој ќе ги натера лидерите на ЕУ да се разбудат од сонот. Тоа што ние го бараме е Европска конференција, да го решиме овој Европски проблем заедно, а нема такво решение без да се отпише поголемиот дел од долгот, да се стави мораториум на отплаќањето и да се воведе рамка за раст“. Тој додава дека Германија треба да го прифати ова најмногу поради тоа што во 1953 година Западот и го прости долгот на Германија по завршување на Втората Светска војна.

за излезот на Грција од Еврозоната

Заплашувањата од 2012 година дека ако СИРИЗА дојде на власт во Грција, Европа ќе биде уништена, всушност се користи само како пророштво кое другите го користат за свои поени. Победата на СИРИЗА ќе ја прекине црната магија и ќе го ослободи пазарот. Ќе создаде чувство на безбедност.

за еврото

Ние не сакаме да предизвикаме целосна катастрафа за Еврозоната или за Европа. Во исто време не сакаме да се вратиме на драхмите. Оти ако Грција го направи тоа, сиромашните луѓе ќе имаат драхми а богатите се ќе купуваат со евра.

ta

þGrcija ostanuva vo Evrozona ra da se isplatat, mo F MM od e it em Za þ se prodol@i dospevaweto no bara da na obvrznicite od ECB

кои се дел од нејзината коалиција тврдат дека „Германија нема да дозволи да биде уценувана“. Голем дел од нив го нарекуваат Ципрас „непоправлив создавач на неволји“, а канцеларката Ангела Меркел, пред две години, одби средба со него иако е лидер на најголемата опозициска партија. Германскиот магазин „Билд“ пак оди чекор понатаму и бара Германија да и даде “црвен картон“ на Грција, доколку СИРИЗА ја понесе победата и бара ревидирање на пакетот штедни мерки со ЕУ. Освен во Германија, популарноста на Ципрас е многу мала и меѓу политичарите во Брисел. Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, на кој Ципрас му беше против кандидат за оваа позиција за време на европските избори во мај минатата година, за него вели: „мислам дека Ципрас не ги разбира проблемите на неговата земја. Сметам дека тој не е вистинскиот човек да ја води Грција во овој момент“. Но Јункер не е единствен. Во Брисел многу политичари сметаат дека СИРИЗА се уште не е подготвена да владее со Грција, што е потврда

плус дека доколку навистина ги добие изборите Ципрас ќе преставува вистинска главоболка за европските политичари. Оттука, многумина „играа“ на картата дека победата на СИРИЗА, ќе значи излез на Грција од Еврозоната и враќање на драхмата, со цел да влијаат врз гласачкото тело, но Ципрас во текот на оваа кампања, таквите обвинувања ги нарече како пророштва на други, и изјави дека и со неговата победа Грција ќе остане во Еврозоната. Но се чини попишманувањето на Ципрас, воопшто не влијае врз Меркел, оти барем како што пишува угледниот магазин „Економист“, во текстот со наслов „Одете си ако морате“, германската канцеларка „ се попизитвно гледа на можноста од „Грекзит“, односно излезот на Грција од Еврозоната. Сепак, кое од погоренаведените сценарија, навистина ќе се случат, ќе се знае најмногу по изборите кои ќе се одржат за десет дена. Неизвесноста останува до крај, најмногу и поради тоа што, разликата меѓу двете водечки партии, СИРИЗА и Неа Демократија е мала, па голема е веројатноста, било

фото: newsonly.gr

[to na kratko e programata na

која партија да победи, тешко да може сама да создаде влада, и покрај фактот што грчкото избирачко право предвидува партијата победник да добие плус 50 седишта повеќе во парламентот со цел полесно да создаде влада. Грчките аналитичари пак се дури и поотворени. Тие сметаат дека пракса на грчката политичка сцена, како и на секоја друга е, ставовите на политичарите кои се силни додека се во опозиција, значително да омекнат кога ќе дојдат на власт. Дали и тоа ќе се случи со СИРИЗА доколку Ципрас победи на изборите, останува да се види.

Кој е Ципрас- човекот што тврди дека ќе ја ослободи Грција од должничко ропство

Алексис Ципрас е роден во Атина, во 1974 година. Иако не потекнува од политичко семејство, сепак политичките случувања го интересираат уште во средно училиште. Имено, во 1991 година тогаш новата десно ориентирана влада најави непопуларни реформи во образованието, кои беа проследени со протести. Протестите против овие мерки, кои беа демонстрирани со


за Меркел

www.kapital.mk фото: koutipandoras.gr

Европските лидери, а особено Меркел треба да престане да игра покер со животот на луѓето.

Капитал број 794 16.01.2015

профил

35

за кризата

фото: opinionpost.gr

Ние сметаме дека кризата во Грција не е грчка криза, туку европска криза. И ќе се потрудиме да најдеме заедничко решение- за улогата на Европската централна банка, за еврообврзниците, за преговорите околу јавниот долг на сите европски земји.

за Златна зора

фото: neaptolemaidas.gr

Освен тоа што е фашистичка партија, Златна зора исто така е и криминална организација. Појавата на вакви фашистички партии е резултат на варварските економски политики. Затоа гласајте за нас, оти Златна зора доаѓа.

a SIRIZA: da se izbri[ t balansiran, to xe bu i r@ od go da a ir an þPl uslugi da gi namali tro[ocite za

окупацијата на училиштата, во неговото училиште ги предводеше токму Ципрас на свои 17 години. Токму студентските протести се првата политичка победа што се врзува за него. Но и покрај таквиот успех,по средното училиште тој не се насочил кон политика. Се запишал на Технолошкиот Универзитет во Атина да студира за градежен инженер, по стапките на неговиот татко. Дури по завршувањето на факултетот, тој поактивно влегува во политичките води. Во 2006 ја преставува новата лева партија СИРИЗА во Атина за време на локалните избори, како нејзин претставник за градоначалник. Уште на самиот почеток, резултатите за партијата беа одлични, а тој беше трет на изборите. Четири години подоцна на 34 годишна возраст, тој станува најмладиот лидер на една партија, односно лидер на СИРИЗА. Оттогаш препознатлив е по спротивставувањата на актуелните политички гарнитури кој владеат со Грција и е дежурен критичар на согласувањето на владата на штедните мерки поставени од Тројката- ЕЦБ, ММФ и ЕУ. Јавноста која го поддржува Ципрас,

вели дека во него гледа симбол на новата генерација кој се труди да влезе на политичката сцена доминирана од постарите. Неговата препознатливост на грчката политичка сцена започна со почетокот на економската криза која најсилно се осети токму во Грција. Во тој момент, никој не веруваше дека радикалниот студент, со радикалните изјави за политиката на штедење посочена од тројката ќе стане релевантен фактор во грчката политика и ќе го придобие вниманието на јавноста и да прерасне во сериозен предизвик за грчките политичари кои припаѓаат на „старата школа“ политичари. Токму затоа, на почетокот на него се гледало со потсмев, но само за неколку години, тој успеа да направи толкав успех што му донесе не само лидерско место на партија, туку во моментот и можна победа на изборите во Грција- што само по себе значи менување на историјата имајќи предвид дека грчката политичка сцена со децении наназад е доминирана од две партии. Многу политички аналитичари во Грција го доживуваат како многу

фото: skai.gr

ra

so Cipras ba þSiriza na ^elo cija e golem del od dolgot na Gr

амбициозен, паметен, харизматичен и интересен лик. Тактичен, но и способен да биде многу флексибилен и реален. Неговите најголеми фанови се средната класа во Грција, но и голем број невработена младина. Наспроти неговите фанови, има и голема легија на негови критичари, кој го нарекуваат опасен идеолог, нарцис и непознавач на основите на економијата (ова најмногу поради неговите изјави против Тројката). Она што го прави Ципрас симпатичен за јавноста е и фактот што не е аристикратско дете, кое потекнува од грчка династија која со години владеела на политичката сцена во оваа земја. Англискиот јазик го научил сам, најмногу преку читање весници и се уште живее во стан под кирија. Своевидна потврда за популарноста на Ципрас е и фактот што е првиот лидер од левицата што некогаш бил поканет во официјална посета на Ватикан. По средбата со папата Францис, која се случи минатата година, Ципрас изјави: „Доаѓаме од различни идеолошки гледни точки. Но се сретнавме на основа на пан- хуманитарни вредности“.


Капитал број 794 16.01.2015

36

www.kapital.mk

Балкан бизнис и политика

te i at tija v Hr ros Z i p a HD n

Kitarovi] pobedi na pretsedatelski

Sorabotni^kata na vetuva deka ]e ja v Hrvatska po patot


www.kapital.mk

ite izbori

a Sanader vodi t na Tu\man!

Капитал број 794 16.01.2015

37

Хрватска за прв пат избра жена за претседател – Колинда Грабар Китаровиќ доаѓа од редовите на ХДЗ – партијата којашто заедно со тогашниот лидер Иво Санадер се осудени за криминал и кражба на 10 милиони евра граѓански пари. Но, хрватскиот народ изгледа го заборави случајот од пред само две и пол години, па довербата повторно им ја даде на десничарите. Жената за којашто генералот Анте Готовина е херој сега ветува дека ќе ја води Хрватска по патот по којшто ја водел и озогласениот претседател од деведесеттите Фрањо Туѓман. Капитал во мини профил ја претставува новата шефица на хрватската држава пишува:

Катерина Синадиновска katerina.sinadinovska@kapital.mk

Д

ве години откако партијата беше осудена за криминал, кандидатот за претседател на ХДЗ Колинда Грабар Китаровиќ победи на претседателските избори во Хрватска. Со разлика од околу 20-тина илјади гласа, Китаровиќ го победи противкандидатот, актуелниот претседател на Хрватска Иво Јосиповиќ и ја врати Хрватската демократска заедница (ХДЗ) на политичката сцена, со оглед на тоа што иако, претседателската функција во Хрватска е главно церемонијална, аналитичарите на нејзината победа гледаат како на барометар за расположението на граѓаните пред парламентарните избори што треба да се одржат годинава. Победата на 46 годишната Китаровиќ и покрај наредните неколку месеци на кохабитација со социјалдемократската влада многу ги зголеми шансите на нејзината опозициска ХДЗ да се врати на власт. „Ќе ги решаваме отворените прашања со нашите соседи и ги повикувам на дијалог и да престанеме овие прашања да ги криеме под килим. Ќе работам за Хрватска и нема да дозволам некој да вели дека Хрватска не е просперитетна земја“, изјави Китаровиќ во говорот по изборната победа. Таа оцени дека нејзиниот претходник Иво Јосиповиќ не сторил ништо за да го запре економскиот пад на земјата и бил премногу попустлив спрема


Капитал број 794 16.01.2015

38

www.kapital.mk

Балкан бизнис и политика Koja e Kitarovi}?

К

Na sredba so Talat Xaferi

К

ако асистенка на генералниот секретар на НАТО за јавна дипломатија, амбасадорката Колинда Грабар Китаровиќ на 19 септември 2013 година беше во еднодневна официјална посета на Скопје и се сретна и со тогашниот министер за одбрана Талат Џафери. Тогаш одржа и предавање на Југоисточниот универзитет во Тетово за улогата на НАТО во Новиот свет. Во Министерството за надворешни работи Китаровиќ се сретна и со заменикот министер за надворешни работи Зоран Петров.

Србите и оти членството на Србија во Европската унија мора да биде условено од Хрватска. Китаровиќ најави дека прво нешто што ќе направи е да иницира владина седница на којашто би се расправало за економската состојба во земјата. Како главна причина за својата кандидатура таа ја наведе токму тешката социјална ситуација на граѓаните, со став дека на Хрватска не и требаат нови темели, ниту нов Устав, оти државните темели се вкоренети во Татковинската војна. МН: Остри зборови за Србија Китаровиќ, којашто претходно беше шефица на хрватска дипломатија, амбасадор во Вашингтон и помошник на генералниот секретар на НАТО, испрати порака до соседите и до официјален Белград со став дека Хрватска треба да го услови зачленувањето на Србија во Европската Унија со враќањето на исчезнатите лица од војната. „Србија е наша соседна и пријателска

^estitka od protivkandidatot Josipovi}

В

о изборната вечер првата честитка за Китаровиќ стигна од противкандидатот Иво Јосиповиќ,којшто истакна дека победила демократијата: „Китаровиќ победи во демократски натпревар. Мене ми дадоа поддршка повеќе од милион граѓани и тие се нашата заедничка снага. Им благодарам и на партиите коишто ме поддржаа и на невладините организации.“ истакна тој.

држава. Но, таа треба да исполни неколку услови што ги имавме и за нашиот влез во Унијата“, рече таа. Таа во телевизиски дуел на Телевизијата Нова со противкандидатот Јосиповиќ кажа дека токму ова ќе го бара од Белград, а дека проблемот на граничните спорови на соседните земји треба да го решава Меѓународниот суд на правдата. Со своите први изјави Китаровиќ, за којашто генералот Анте Готовина е херој, јасно даде до знаење во кои политички рамки ќе се одвива нејзиното дејствување, а за да нема забуни, таа беше и дополнително прецизна, порачувајќи дека ќе ги води граѓаните на Хрватска по патот по којшто ги водеше еден од основачите на ХДЗ, првиот претседател на независна Хрватска – Фрањо Туѓман, за многумина еден од најголемите виновници за крвопролевањата на просторот на поранешна Југославија. Инаку, со првостепената пресуда за најголемата корупциска афера во Хрватска „Фими медиа“, поранешниот премиер Иво Санадер од редовите на ХДЗ беше осуден на 9 години затвор за злоупотреба на службената положба и злосторничко здружувае. Жупанискиот суд во Загреб ги прогласи за виновни и останатите обвинети опфатени со предметот, меѓу кои и некогаш владејачката партија Хрватска демократска заедница (ХДЗ), што за прв пат беше случај партија да се најде на обвинителна клупа. Тие неправосилно се осудени под обвинение за извлекување на околу 10 милиони евра од државни претпријатија и институции преку маркетиншката фирма „Фими медиа“. Најголемиот дел од парите наводно завршил во „црн фонд“ на ХДЗ.

олинда Грабар Китаровиќ на 11 јануари 2015 година стана првата претседателка на Хрватска. Таа на изборите го победи актуелниот претседател Иво Јосиповиќ, пишува „Вечерњи лист“. Грабар до неодамна била помошник на главниот секретар на НАТО, поранешна министерка за надворешни работи и европска интеграција која ги почна преговорите со Европската унија (ЕУ). Нејзните родители биле прилично аполитични, но нејзниот дедо бил партизан кој се борел против фашистите. Нејзниот татко Бранко бил ловец, а таа како мала редовно со него одела на лов. - Обожавав да одам во шума, посебно кога се криевме и ги гледавме животните. Татко ми пред мене никогаш не пукал во некое животно – изјави таа. Но, татко и ја научил да ги следи трагите на животните, а подоцна и да пука од ловечка пушка. Колинда имала голема поддршка од мајка и за школувањето. Таа ја форсирала да учи странски јазици. Благодарение на книгите кои ги читала до доцна во ноќта, го променила погледот на светот, но и го усовршила литературниот јазик. Била одличен ученик, а најмногу сакала да учи историја и странски јазици. Последната година од гимназијата таа ја завршила во САД. По враќањето од САД се запишала да студира англиски и шпански јазик на филозофскиот факулет во Загреб. Сакала еден ден да работи во ОН а шпанскиот јазик е еден од официјалните јазици. Паралелно со студирањето давала приватни часови по англиски, преведувала, чувала деца. Со сопругот се запознала во 1989 година, а во почетокот на промените во државата таа се зачленила во ХДЗ заедно со сопругот. Токму тој ја внел во политиката, бидејќи и тој и неговото семејство биле национално освестени. Работејќи како преведувачка, во 1991 година нејзниот професор Анте Човиќ, кој бил многу задоволен од нејзините преводи за филозофските истражувања, ја побарал за секректарка, кога тој бил назначен за министер за наука, технологија и информатика. Иво Санадер, кога станал заменик министер за надворешни рабори ја повикал во својот тим. Нејзините белешки по средбите со дипломатите и преводите од тие разговори биле омилено четиво на тогашниот претседател Туѓман. Во 1997 година станала дипломатска советничка во Отава, Канада, а потоа и советничка на министерот. Таа е добитничка и на Фулбрајтовата стипендија за меѓународни односи. Во 2003 година била избрана за министерка за европски интеграци. Позната е синтагмата која често ја повторува: - Ако сакаш да го смениш светот, почни од себе. Почни нешто да работиш!


Ако за седум дена не ги продадеш бананите, осмиот ден тие ќе те продадат тебе! Дерби, компанијата за трговија со банани од Љубљана, во 2013 година направи промет од 123 милиони евра, и е шести најголем трговец со ова тропско овошје во светот. Нејзин сопственик е Словенецот со црногорско потекло, Изет Растодер, кој што неодамна склучи уште една вносна зделка во својата кариера, овој пат со најголемиот хрватски бизнисмен, Ивица Тодориќ.

М

еѓу деловните што изгледа доста примерно. Се работи за ги помогнат младите фудбалери во простор од 7.000 м2, со пет илјади палетни облакодери на аголот Љубљана, каде што е седиштето на на Дворакова улица места. Од овде патот за Европа го фаќаат, во неговата фирма. во Љубљана, над просек, стотина камиони неделно, односно “Ова е тежок и подземната гаража, околу 100 илјади картони со банани. ризичен бизнис“ се скрила релативно неугледна “Агрокор е најдобра Седиштето изгледа релативно еднокатница во која е седиштето фирма во регионот“ скромно, со мали простории на компанијата Дерби (Derby). Покрај рампите за камиони, царинскиот што полесно би можело да се Се работи за шестиот најголем и бесцаринскиот дел, тука се и замислат како канцеларии на некое трговец со банани во светот, кој специјализираните комори за дозревање на сметководствено биро отколку како што лани направил промет од 123 бананите. Ова тропско овошје, стигнува од престолнина на словенечкиот крал милиони евра. Изет Растодер е Еквадор зелено во Дерби, а потоа дозрева на најпопуларното тропско овошје. сопственик на фирмата, Словенец во вештачки создадени климатски услови. Изет е роден во 1962 година во со црногорско потекло, кого што Се менуваат греење и ладење, Беране, Црна Гора, сиромашен колегите од Јутарњи вјесник од а бананите пред процесот крај од кој што требало да се Загреб, го оценуваат како многу на созревање се чуваат побегне кој како знае и умее, но интересен бизнисмен. Покрај на на температура од 13 Изет претпочита да го употреби дерби, Растодер е сопственик и степени. Бананите еуфемизмот дека таму не на словенечкиот фудбалски стојат најмногу седум гледал перспектива за прволигаш Олимпија. Со Изет дена, зависно од својот претприемачки клубот управува исто Растодер желбата на купувачот, дух, а во Љубљана така од седиштето на и поранешниот а категориите се се доселил во 1986 неговата компанија, директор на одредуваат според година. Во бизнисот а во приземјето е пристаништето Копар, бројот на денови на со банани е веќе неговото кафуле, Гашпар Гашпар Мишич, созревање, а најчесто 20 години, а за Golf Pub, уредено во од кого што овој првиот се тоа од 3 до 5. тоа што е шести по американски стил, кое бараше да го спонзорира големина трговец во Растодер вели дека што го отворил за да има неговиот фудбалски има колега задолжен светот, меѓу другото, каде да се напие нешто клуб Олимпија може да заблагодари или да одржи состанок и на фактот што, освен без да трча во локалот неколку мултинационалки, преку улица, што е особено баш и не постојат многу практично кога врне. фирми што во тој бизнис се “Тактичен“ каков што е, неодамна сериозни играчи. ја шокираше словенечката јавност “Бананите мора да ги со заканата до пристаништето продадеш за седум Копар дека, доколку не го дена, затоа што осмиот спонзорираат неговиот фудбалски ден тие те продаваат клуб со 250 илјади евра годишно, тебе. Ако до тогаш не сиот промет ќе го пресели ги продадеш, ги фрлаш. во другите севернојадрански Ова е тежок и ризичен пристаништа, Трст или Риека. бизнис, и малкумина Веста силно одекна во Хрватска, сакаат да се занимаваат затоа што, доколку го реализира со него“, ја објаснува тој план, риечкото пристаниште филозофијата на ќе добие промет вреден неколку трговијата со банани. милиони евра годишно. Самиот Репортерите на Растодер рече дека не се Јутарњи го посетиле работи за никаква уцена, туку за и дистрибутивниот предлог пристаништето Копар центар на Растодер дел од својата заработка што во љубљанската ја остварува благодарение на индустриска зона. На неговата компанија, да намени за низата од огромни Младинската школа за фудбал на хали со складишта Олимпија. и фрижидери на “Успешните стопански субјекти различни словенечки и мора да и помагаат на околината европски компании, на во која што се наоѓаат, вели за тоа 5 мај минатата година Растодер, и додава дека, иако им се придружи и можел да бара од Копар да ги новоизградениот прилагодат цените на останатите објект на Дерби кој конкуренти, попрво предложил да европскиот крал на бананите

Изет Растодер


Капитал број 794 16.01.2015

40

www.kapital.mk

CEO Profile

Мери Бара

Кога Мери Бара го замени Дан Акерсон како извршен директор на Џенерал Моторс во 2013 година, стана првата жена во историјата, на чело на глобален производител на автомобили. Веднаш доби тешка задача: враќање на довербата во компанијата, чијашто наводна небрежност резултираше со смрт на 20 лица.

Џенерал моторс

Вкоренета неефикасност

Prvata @ena direktor na svetski avtomobilski gigant

М

ери Бара е во Џенерал моторс целата нејзина кариера. Таа ги надмина сите предизвици со кои мораше да се справи таму, а сега, таа се соочува со задачата за враќање на довербата, по низата на смртни случаи и мрачни откритија, пишува European CEO. Со децении, автомобилскиот гигант Џенерал моторс (ЏМ) е задушен од архаично, несовремено корпоративното управување. Бара како нов извршен директор на американскиот автомобилски гигант, е задолжена за

менување на целата култура на компанијата – нешто што не е мала задача во денешниот свет. ЏМ е глобална институција. Основана во Мичиген, во градот Флинт во 1908 година, ЏМ го помина минатиот век присутна во дури 157 земји. Од своите канцеларии во облакедорот што е седиште на компанијаа, во „'рѓосаниот индустриски град Детроит“, мултинационалната корпорација го надгледува производството на речиси 10 милиони возила годишно. На нивната изработка, транспорт и продажба работат повеќе од

200.000 вработени низ целиот свет. Компанијата има причини за гордост, пред с$ производството на низа брендови што ги остава на САД како наследство, како што се Шевролет и Кадилак, но и рационализација на европските и азиски автомобилски современици. Со тој вид на глобално влијание, не е тешко да се разбере зошто ЏМ е значаен двигател на економијата на САД. Сепак, како и многу други мултинационални компании, и овој гигант се соочува со проблеми.

Недостатокот на лична одговорност и решителна акција во рамките на организацијата ги задуши напредокот во период од речиси 30 години, што доведе до скапи и неповолни инвестиции и спорни одлуки на менаџментот. На кратко, ЏМ беше брод што тоне. Сепак, поради што бродот е голем глобален работодавец, беше едноставно премногу голем за да потоне. Американските даночни обврзници мораа да платат 50 милијарди долари за ЏМ за да се задржи во живот во 2009 година - и иако фирмата оттогаш се извади од банкрот и конечно ужива зголемување на приходите, таа с$ уште има проблеми. Од почетокот на оваа година, ЏМ се бори да го преживее серија на срамни повлекувања автомобили – нешто што ја чини стотици милиони долари. Доказите покажуваат дека Бордот на директори знаел за грешките во нивните возила, со години, и дека нивната огромна потреба да се следи долгата бирократска процедура одзеде 20 човечки животи, преку несреќи. Членовите на одборот сега се надеваат дека новиот Главен извршен директор на GM можеби го држи клучот за спас на компанијата. Бидејќи двата најголеми проблеми на фирмата се бирократијата и недостатокот на „свежа крв“, природно е да се претпостави дека одлуката за именување на работникот кој помина целиот


www.kapital.mk

Капитал број 794 16.01.2015

CEO Profile

беше изненаден; Впрочем, овој вид на реакционерните управувања стана главен во корпоративната структура на владеење на ЏМ. Претприемач и политичар Рос Перо на најдобар начин ја укажа оваа слабост со коментар "Во ЏМ, првото нешто да направите е да организира комисија на змии. Потоа ќе се донесе консултант кој знае многу за змии. Трето нешто што го правите е да се зборува за тоа за една година. "

Џенерал моторс во бројки

1908 основана

212,000 вработени 155 милијарди долари –

Брзи реакции

приходи во 2013

396 фабрики во светот свој работен век на ЏМ за нов генерален е далеку од паметна, но 52-годишната Мери Бара веќе почна да ја менува институцијата на која се искачи на самиот врв. Бара е родена во Мичиген во екот на индустриска сила на Детроит, а татко и работел во ЏМ на брендот Понтијак. Веднаш по напуштањето на факултетот во 1980 година, таа ја започнува својата кариера во ЏМ како „студент во подем“ во Понтијак мотор дивизијата. Таа брзо напредува и дипломира во електротехниката во 1985. Од таму, Бара оди да работи на истражување на голем број на инженеринг позиции во фабриката на Понтијак во Фиеро. Нејзините способности се набрзо признаени и добива ЏМ стипендија да продолжи со образованието. Во 1988 година е испратена во Стенфорд Graduate School of Business, каде што добива МБА, а дипломира меѓу првите 10 од нејзината класа. По враќањето на работа, таа почнува веднаш да ја докажува својата вредност.

Искачување до предизвикот

Низ 1990-тите, Бара има голем број на различни работни позиции, вклучувајќи ја и таа како извршен асистент на поранешниот извршен директор Џек Смит. Но, по неколку години, конечно ја добива својата прва голема улога во ЏМ во 1999 та, како генерален директор за внатрешни комуникации на ЏМ - Северна Америка. Таму, таа го трансформира Одделот за комуникации на компанијата буквално преку ноќ, а преживува и горчлив штрајк на синдикатот цели 50 дена. Таа продолжува да ангажира и да обучува нова мрежа на специјалисти, кои се во можност да ги стоплат

41

односите на фабриката со синдикатите. За помалку од две години, воведува јасна линија на комуникација. Од тогаш, Одборот ја препознава како мислител со моќ да ги менува работите. Во 2003 година, од неа е побарано да го примени истиот дух во неуспешниот производствен капацитет во Детроит. Со воведувањето на автоматизацијата и ефикасноста на низата мерки, стратегијата за управување на Бара брзо заработува голем број на награди за квалитет и е заслужна за производство на побезбедна работна средина. Тој пресврт и носи поголеми одговорности. До 2004 година, таа е именувана за нов извршен директор на GM на Возила Производство Инженеринг. После пет години, извршниот директор Фриц Хендерсон одлучува дека е време повторно да ја стави Мери Бара на тест давајќи и нов предизвик – потпретседател на одделот за човечки ресурси, иако таа претходно нема никакво искуство во таа област. Но, годината беше 2009 та, а американскиот автомобилски гигант штотуку беше принуден да прогласи банкрот. Претседателот Барак Обама ги замоли граѓаните на Америка дека ја поддржат финансиската помош на ЏМ, а во замена за тоа Владата на САД очекува компанијата да ја доведе својата куќа брзо во ред. Хендерсон мислеше дека Бара може да помогне во ефикасноста на одделот за човечки ресурси преку намалување на бројот на вработени. ЏМ мораше да отпушти десетици илјади работници, како и да изврши ремоделирање на компаниската култура.

Баланс

Бара брзо прераснува во „рок ѕвезда“ на компанијата. Кога таа е назначена за нов ЏМ висок потпретседател за глобален развој во 2011 година ја добива најважната улога дадена на жена во ЏМ, а истовремено станува и највисоко рангирана жена во глобалната автомобилска индустрија воопшто. Нејзе и е дадена слобода во владеење над буџетот тежок 15 милијарди долари и 29.000 вработени на пет континенти.. Во својата прва година на работа, таа го обновува застарениот инженеринг и ЏМ започнува со развојот на нови платформи. Од 2013 година, таа е самостојно одговорна за укинување на системот на управување во кој повеќе директори се одговорни за развој на секоја одлука. Во декември 2013-та кажано и е дека ќе го замени Ден Анкерсон на позицијата генерален извршен директор. Бара не беше на работното место еден месец кога се донесе одлука да се повлечат милиони возила со прекинувачи со погрешно палење. Различни членови на одборот презентираа фатални недостатоци во некои од нејзините возила за најмалку две години. Тука следува грешка во корпоративното управување, па наместо да се издаде соопштение, одборот заглавува со протокол со формирање на комисија која ќе биде ангажира да поднесе извештај за проблемот. Друга комисија пак ги надгледуваше внатрешните извештаи, за што требаа месеци. Потоа, уште една комисија ја презеде задачата за читање на овој извештај. Додека се постигна консензус како да се реагира 20 лица загинале. Никој не

Неспособноста на комисиите да дејствуваат веќе ја ЏМ чини повеќе од 1 милијарда долари. Најмалку 600 милиони долари само се резервирани за компензација на жртвите. Во таа смисла, може да се тврди дека Бара беше повеќе или помалку фрлени пред автобус во преземањето на највисоката функција во ЏМ, а нејзините први неколку месеци како извршен директор поминаа во знакот на кавга на конгресните комисии со политичарите во врска со скандалот. Во реалноста, именувањето на Бара е контроверзно огнено крштевање. Но, таа се обиде да профитира од оваа криза со спроведување на потребните промени во корпоративна култура на фирмата. Таа не бара само да се подобри комуникацијата. Во нејзините први девет месеци на работа, примарен фокус е да се смени начинот на кој ЏМ директорите се однесуваат. Тие имале навика да се збиваат заедно во комисии за најдобро да ја избегнат одговорноста кога има лоша вест. Бара тоа го разбива и нејзиното искуство во човечки ресурси и комуникации несомнено ќе помогне за авангардни напори за искоренување на ваквото однесување. Во 34 години кариера за ЏМ, Мери Бара никогаш не се сретнала со еден предизвик, што таа не може да го надмине. ЏМ го одржува своето влијание на глобалниот авто пазар. Во моментов, вековната фирма го слави враќањето на инвестициите во одделението за кредитен рејтинг, подобрување на цените на акциите и се враќа до четвртина на профитабилноста. Под нејзино туторство, ЏМ им вели збогум на деновите на минимални иновации. До 2016 година, таа вети дека ќе достигне 10 проценти од профитот во Северна Америка и да ги поврати профитите од Европа. Во 2017 година, таа има за цел да се направи нов Кадилак. Сето тоа започнува со подобро корпоративно управување што ги прави луѓето одговорни за нивните одлуки.


Капитал број 794 16.01.2015

42

www.kapital.mk

свет бизнис и политика

Teroristite go napravija svoeto –

Ni[to od "Jas sum dodeka Evropskat razlikuva Evrope so golemo i so ma


www.kapital.mk

– se ^eka Evropa

m [arli" ata Unija pejci alo "E"

Капитал број 794 16.01.2015

свет бизнис и политика

43

Никој и не помислува да го објасни поинаку освен како ѕверство во име на крајно изопаченото поимање на верата, стореното од браќата Куаши. Но, прашањето како да се отстрани терористичката закана не може да не се разгледува и низ причините кои европскиот демократски свет го прават поизложен во овој контекст, а кои, пред с$, треба да се бараат во политиките на предводниците на западниот систем пишува:

Максим Ристески

С

maksim.risteski@kapital.mk

о милионски масовниот Марш на Републиката, светот кој се смета за слободен, космополитски и демократски, одговори на масакрот во кој исламски екстремисти убија дванаесет луѓе во редакцијата на сатиричниот француски неделник Шарли ебдо, и уште петмина, меѓу кои четворица Евреи, во тродневното крвопролевање во Париз. Солидарно се бранеше слободата на изразувањето, и уште еднаш му се кажа одлучно „не“ на тероризмот, но, откако ќе помине шокот, го очекуваме и одговорот на предизвикот што трагичниот настан го постави за автентичноста на вредностите на европската демократија, како плурализмот, почитувањето на различноста, правната држава, слободата на остварувањето на основните права ... Никој и не помислува да го објасни поинаку освен како ѕверство во име на крајно изопаченото поимање на верата, стореното од браќата Куаши, но, прашањето како да се отстрани терористичката закана не може да не се разгледува и низ причините кои европскиот демократски свет го прават поизложен во овој контекст, а кои, пред с$, треба да се бараат во политиките на предводниците на западниот систем. Овде, секако, први паѓаат на памет трансатланските „замешателства“ на Блискиот исток и учеството на Франција во воената кампања против ИДИС. Но, треба да се потсети и дека убиствата во Шарли ебдо се случија на


Капитал број 794 16.01.2015

44

www.kapital.mk

свет бизнис и политика

фонот на растечката ксенофобија во Европа, чиј симболички врв, односно дно, беше постигнат одвај неколку дена пред масакрот во Париз, кога градоначалникот на францускиот град Шамплон, Кристијан Леклер, одби да обезбеди гробно место за починато ромско девојче, зашто семејството не можело да плати, а, како што образложи споменатиот градоначалник - „на гробиштата се плаќа, и тоа многу скапо“. На оваа линија министерот за надворешни работи на Словачка, Мирослав Лајчек, предупреди дека во Франција не може да се зборува за верска војна со исламот, туку оти за насилството во Париз се виновни наивните мултикултурни проекти и лошата имиграциска политика. „Корените, пред с$, се економски и социјални, и фрустрацијата што од тоа произлегува го прави поединецот подложен на манупулирање. Ако постојат заедници кои чувствуваат дека социјално и економски се на маргината на општеството, имате средина кадешто може да се случи радикализација“, изјави Лајчек. Шефот на словачката дипломатија неспорно мисли на европската миграциска политика со која „до вчера“ се увезуваше ефтина работна сила, но, по светската економска криза, иако некои од доселениците сменија генерации подигајќи свои семејства, кога истите на Европјаните почнаа да им претставуваат конкуренција поради недостигот на работни места, „вистинските“ Германци, Французи, Британци ... посакаа да ги вратат „гастарбајтерите“ од каде што дошле. Овде немаме намера да го спориме правото, односно односот на Европејците кон доселениците, што никогаш нема да им дозволи на последниве да се чувствуваат како Европејци, а камо ли како Германци, Французи или Британци. Туку, како што понатаму се вели во цитираната изјава на Лајчек, Европјаните „треба(ло) да внимаваат кого пуштаат да живее на нивна територија“. Стравувањата се дека масакрот во Шарли ебдо (ќе) им дојде како порачан на заинтересираните да ја искористат заканата од екстремниот ислам за грубо (со опасен домино ефект) да расчистат со проблемот со имиграцијата од која најголем дел нема никаква врска со целите на ИДИС, Ал Каеда или Коросан. И ќе беше с$ во ред ако ова стравување се однесуваше само на опасноста

од злоупотреба на емоциите на граѓаните по кои најотворено посегнаа ултра-десничарите и неофашистите во Европа, чие лице и опачина најдобро го покажува рекордната масовност на протестите на Пегида (Европјани против исламизацијата на Западот), дрезденското движење со ксенофобични ставови за муслиманските, но, и за сите други имигранти. Најмоќната жена на светот, а, секако, неприкосновениот прв човек на Европа, германската канцеларка Ангела Меркел, со своите ставови по контекстните прашања досега оставаше впечаток дека е поблиску до Пегида, отколку до анти-Пегида, кои, за волја на вистината, ги коригираше по трагедијата во Франција, што, ако не остане само декларативно, можеби ќе значи избегнување на најцрните сценарија што ги најави масакрот, или чиј катализатор некои сакаат да биде застанувањето зад „Јас сум Шарли“ и на неофашистите.

Меркел го погреба, па ќе го оживува мултикултурализмот? Германската канцеларка, Ангела Меркел, уште во 2010 прогласи фијаско на мултикултурниот концепт според кој се очекуваше дека „луѓето можат да живеат среќни едни покрај други“. Ваквиот нејзин став тогаш се надоврза

на расправата што во германското општество се поведе за улогата на имигрантите предизвикана од изјавата на поранешниот член на управата на Бундесбанката,Тило Саразин, дека „муслиманите го подриваат германското општество“. Во Германија живеат четири милиони муслимани (воглавно Турци) и 16 милиони луѓе со емигрантско потекло. Тогаш можеше многу да се прочита меѓу редови кога канцеларката која претходно велеше дека „џамиите стануваат составен дел од германскиот пејзаж“, изјави оти „барањето доселениците да го научат што подобро германскиот јазик за на пазарот на труд да имаат повеќе можности, е потполно правилно и оправдано“. Во истата пригода таа побара одомаќените (во Германија) гастарбајтери да ги прифатат христијанските вредности и да ги почитуваат германските закони и култура. Во истиот период, пак, фондацијата Фридрих Еберт објави резултати од истражување според кои ксенофобијата во Германија е силно порасната, односно, над третина од испитаниците одговориле дека во моментот кога ќе почне да снемува работни места, имигрантите треба да се вратат во земјите од коишто дошле. Истото истражување покажа дека скоро 60% од Германците сметаат оти на


www.kapital.mk

Капитал број 794 16.01.2015

45

Првата насловна страница на Шарли ебдо по масакрот е многу повеќе од пркос - пренесува длабока порака: „Направив цртеж на пророкот Мухамед кој држи натпис #ЈасСумШарли, и заплакав. Над него напишав „Сѐ е простено“. И пак заплакав“, изјави преживеаниот карикатурист муслиманите треба да им се ограничи дури и верската служба. Со свој коментар по поводот тогаш се огласи основачот на американската агенција за стратешки анализи „Стратфор“, Џорџ Фридман, кој истакна дека мултикултурализмот за Европјаните очигледно не претставувал либерален и хуман респект кон другите култури, како што се прикажувал. „Понудата на мултикултурализмот беше големо условување кое значеше обезбедување на лојалноста на имигрантите во замена за зачувувањето на нивната култура. Затоа мултикултурализмот резултираше со постојано отуѓување на имигрантите. Тие с$ повеќе се идентификуваа со земјата од која доаѓаат, отколку со Германија. На пример, Турција беше дом. Германија беше погодност. Затоа му беа лојални на својот дом (на Турција), а не на Германија“. Дека е на висината на задачата, чија тежина ја одреди парискиот масакр, Меркел (заедно со претседателот на Германија, Јоаким Гаук) покажа на собирот во Берлин, организиран од муслиманските здруженија поради промоција на толеранцијата и верските слободи во земјата (како одговор на антиисламските протести на Пегида). Во реториката на канцеларката и претседателот очигледен беше притисокот на париското крвопролевање, па, последниот во пригодата изјави дека „сите сме Германија“. Гаук истакна дека „Германија стана поразнолика благодарение на имиграцијата – религиски, културно и по менталитет, и оти таквата различност ја направи земјата богата, интересна и допадлива“. Меркел се надоврза со изјава дека „за омразата, расизмот и екстремизмот нема место во Германија, која е

држава заснована на демократија, толеранција и отвореност кон светот“. Јасно е дека Европската унија, ако сака да ги отелотвори споменатите заложби, треба во соодветна мера да го примени американското поимање на нацијата (САД во поголем дел од својата историја, разбирливо, се доживуваа како нација на имигранти), каде што прифаќањето на американските вредности и култура секого може да го направи Американец. Таму се стимулира негувањето на идентитетот поврзан со потеклото, но, само ако некои вредности се делат во име на припадноста на американската нација. За разлика од Европа, кадешто нацијата се дефинира преку националната припадност, што, пак, го прави невозможен мултикултурализмот, од кој германската канцеларка се откажа, водена од општествени, следствено и политички причини, а, не дај Боже, и историски. Недозволив е, како ксенофобично запалив, апелот на германскиот министер за внатрешни работи, Томас Де Мезие, до Германците, дека треба да бидат крајно внимателни „бидејќи во Германија се активни повеќе од кога и да е, поединци и организации кои се подготвени да ја загрозат нејзината безбедност“. Со вакви изјави само се создава паника кај населението (и поддршка за Пегида), а ако некој треба да биде крајно внимателен, тоа треба да бидат безбедносните служби. Зашто станува збор за граѓани (Европјани) кои не поради имигрантите (чиј раст на бројноста е резултат на кризата што ја создаде Западот), со 60% сметаат дека нивните деца нема да живеат во истата благосостојба како нив, како родителите. Јасно е каде води поддржувањето на тезата дека за оваа негативна перспектива се виновни оние кои по подобар живот отишле на Запад.


Капитал број 794 16.01.2015

46

www.kapital.mk

на руЧек со...

Игор Трајковски професор и основач на Time.mk Д-р

^ovekot koj go napu[ti Google vrati vo Makedo


www.kapital.mk

Капитал број 794 16.01.2015

на руЧек со... Со Игор Трајковски, освен за Time.mk и секако работното искуството во Google, разговаравме и за можностите за развивање на нови бизниси користејќи ги широките можности кои ги нуди Интернетот, како и за актуелните најави за реформите во високото образование, поради фактот што и самиот тој, како професор, но и студент кој ги запознал одблиску образовните системи и на Германија и Словенија, дава свои размислувања и идеи за тоа што значи добро и квалитетно високо образование.

Од вкусното мени на „Стоне бриџ“ одбравме бифтек и салата

e i se

onija

разговарал

Габриела Делова

gabriela.delova@kapital.mk фотографија

Дејан Азески

dejan.azeski@kapital.mk

Д

енешниот гостин во рубриката „На ручек со...“ можеби лично не го познавате, но сигурно редовно се „закачувате“ на неговиот сајт- Time.mk кога сакате да ги дознаете најновите информации од земјата, па и од светот, а притоа да останете на едно место. Самиот факт дека Time.mk е најпосетуваниот агрегатор на вести во земјава го наметнува заклучокот дека за секој активен корисник на Интернет, порталот Time.mk е првиот сајт кој на дневна основа го пребарува, кога сака да ги има сите вести на едно место. Професор Д-р Игор Трајковски, или „мастермајндот“ на овој собирач на вести на едно место, не само што е пионер во воведувањето на ваков агрегатор во Македонија, туку е и еден од првите Македонци кои работеле во најпосакуваната фирма во светот Google. Трајковски бил на два пати дел од Google-еднаш во Америка, вториот пат во Швајцарија. Секако, на таквиот успех веројатно „љубоморат“ многу негови колеги од ИТ секторот, кои сигурно сонуваат за работа во оваа компанија, но за скромниот професор Трајковски искуството во Google е само попатна станица, која му ги проширува хоризонтите во она што тој сака да го изучува и го прави љубопитен- вештачката интелигенција и паметните алгоритми. Во денешната рубрика, со Трајковски, освен за Time.mk и секако искуството во Google, разговаравме и за можностите за развивање на нови бизниси користејќи ги широките можности кои ги нуди интернетот, како и за актуелните најави за реформите во високото образование, поради фактот што и самиот тој, како професор, но и студент кој ги запознал одблиску образовните системи и на Германија и Словенија, дава свои размислувања и идеи за тоа што значи добро и квалитетно високо образование.

Од Google сами ме контактираа!

Игор Трајковски е роден во Скопје, во Долно Лисиче. Отсекогаш негувал љубов кон математиката и кон информатиката. Уште од основно училиште редовен е на сите натпревари, прво по математика, а потоа и во информатика. При запишување на студии, имал повеќе дилеми, на кој факултет да студира- ПМФ или Електрофакултет. Барајќи начин да ја реши дилемата, кратко време поминува во Русија, но се враќа назад и дипломира на ПМФ во Скопје. По дипломирањето продолжува на мастер студии во Германија, а докторира во Словенија. Меѓу мастер студиите и докторските студии, прави пауза од една година, барајќи тема на која сака да ја пишува својата докторска дисертација, па додека истражувал за докторската тема, се отвора можноста за

47

вработување во Т-Мобиле во Македонија. Набрзо, сфаќа дека тешко е да се работи и да се прави докторат, па заминува во Словенија, каде целосно се посветува на студиите. Можноста за работа во Google доаѓа уште додека е во Љубљана. Бил лично контактиран од хед- хантерите на оваа мултинационална компанија, чија пракса е да ги интервјуираат студентите кои покажале добри резултатите на меѓународните натпревари по информатика. Откако ги поминал сите интервјуа, се сели во Калифорнија, и добива канцеларија на само неколку метри од канцеларијата на тогашниот извршен директор на Google- Ерик Шмит. „Искуството да се работи во таква компанија е непроценливо. Канцеларијата во која работев беше на пет метри од канцеларијата на Ерик Шмит, поранешниот ЦЕО на Google. Таму владееше доста отворена и релаксирана атмосфера. Имавме пристап до целата документација за тоа како работи вебсајтот. Дополнително, компанијата нуди идеални услови на работа, канцеларии во кои вработените имаат се што им треба само за да не си отидат дома. Нуди три оброци зготвени од професионални кувари кои се најмени од најдобрите хотели во Америка. Последниот оброк е во 17 часот, а непишано работно време беше 16-17 часот. Тоа беше мотивација да останеш повеќе на работа и да поработиш уште два три часа повеќе“, низ смеа раскажува Трајковски. Во Google во Америка работел шест месеци. Една година подоцна добива шанса да ја искуси и атмосферата во европската канцеларија на Google во Швајцарија. Вели дека работната атмосфера и инфраструктура е иста. Разликата е во проектите во кои се работат. Во Америка работел во тимот за персонализација на реклами, додека во Швајцарија на автоматско тестирање на софтверски решенија за потребите на Google. Со оглед на фактот дека се повеќе млади студенти заминуваат во странство, логично се наметна и прашањето, зошто при таква блескава кариера, референци кои можат да му отворат врати во било која светска компанија што ќе ја посака, Трајковски решил да се врати во Македонија. „Тоа беше лична одлука. Не се заснова на некои пресметки, услови за работа. Секако Америка како држава и како услови кои ги нуди за работи е најдоброто место, особено за мојот сектор. Но, тоа беше лична, психолошка одлука, некое чувство на не припаѓање таму. Јас социјално не се снајдов таму“, вели Трајковски и додава дека и седум години подоцна не жали за така донесената одлука.

Од фирмите зависи колку ќе го користат Интернет пазарот

Идејата за Time.mk се јавува додека бил во странство. „Ми фалеше сајт на кој на едно место можам да ги видам сите информации кои ме интересираат“. Имајќи подобар увид во начинот на работа на Google News, кога се враќа во Македонија, сам ја прави палтформата. Од 100 посети на ден, за кратко доаѓа од 1500 посети на ден, а денес веќе е најпосетуваниот агрегатор во земјата. Идеја за овој агрегатор воопшто не била


Капитал број 794 16.01.2015

48

www.kapital.mk

на руЧек со...

Направија еден куп згради за разно разни цели, може да се направи една за стартап бизниси. Трошоците би биле само струја, вода, телефон и интернет

Треба да се напушти малку популистичката политика. Никаде во свет нема 96% од средношколците да студираат

На социјалните мрежи се кажуваат многу работи, но во реалноста луѓето се плашат да го спроведат тоа во пракса

замисла која треба да прерасне во бизнис кој ќе го развива, но поради успехот кој до доживува, потребата од тоа сама се наметнува. Трајковски фирмата ја регистрирал дури во 2010 година, две и пол години од првото лансирање на порталот. Вели, токму така и треба да се бараат идеите за развивање на бизнис. „ Мојот став во однос на претприемништво и смислување на нови работи го сведувам на две работи- да се види што има во странство, што може да ви фати око и може да биде интересно и кај нас, и да се проба да се направи тука, нема ништо лошо во тоа. И втор начин, самиот ти како човек, да видиш што ти треба во секојдневниот живот. Што е она што ве тера да речете- „е да го имаше ова во Македонија, ќе беше супер“. Најдобрите фирми што се направени во свет, се од луѓе кои направиле продукти на кои се и први корисници. Најуспешните се тие каде самиот сопственик е првиот корисник. Оти тој најдобро знае што е она го треба да го даде со продуктот. Од таму треба да доаѓа инспирацијата“, објаснува тој. Според него, допрва почнува приказната

со интернет бизнисите. Но, тука спрегата за развој веќе не ја гледа кај граѓаните, туку кај фирмите и нивната креативноста да понудат платформи кои ќе одговорат на барањата на клиентите, уште повеќе да ги предвидуваат нивните барања. „До пред појавата на сајтовите за групно купување, некако владееше клима дека граѓаните во Македонија не сакаат да ги употребуваат картичките за интернет купување. Но, тој мраз го скрши Grouper. mk и треба да го земат целиот кредит за тоа, оти тие се оние што го разработија овој бизнис. Со тоа се покажа дека луѓето, ако им дадеш нешто интересно или паметно немаат проблем да остават картичка и да купуваат он- лајн. Затоа сега одговорноста е кај фирмите- колку тие се спремни да направат сајт кој ќе понуди целосно имплементирано решение- од почеток на услугата- па се до крај. Затоа мислам дека сега се најмногу зависи од фирмите и нивната креативност да го користат овој пазар, а не толку од граѓаните, оти тие веќе го надминаа тој баук дека на интернет се краде и дека не треба да се купува онлајн“, вели тој. Притоа додава дека воопшто не треба

да се смета за срамно, доколку некој претприемач во земјава искористи идеја која веќе е разработена во странство. „Не се срамам, ниту се плашам, ниту пак ми е под чест, да ископирам некоја добра идеја од надовор што функционира и работи, а што ја нема тука, и да се проба. Оти и копирањето не е лесно“, вели тој.

Нема логика 96% од средношколците да се запишат на студии

За оние што редовно го следат Трајковски на социјалните мрежи, добро е познат фактот дека тој е активист, кој редовно ги споделува своите ставови и мислења за општествените процеси во земјава. Особено беше цитиран со неговите ставови околу последните законски измени за високото образование. Се согласува дека критериумите во македонското образование се значајно намалени, но смета дека воведувањето на државен испит не е решението за подобро и поквалитетно образование, а уште помалку решение е државата целосно под контрола да го земе образованиот процес во свои раце. „Зошто да не можам да студирам


www.kapital.mk

на било кој универзитет во земјава и сам да одлучам дали ќе продолжам во приватен сектор или во странство. Вака државата директно ми го скратува правото на студирање“, вели тој. Според него ,потреба е подлабока реформа во образованието, која подразбира справување со неколку аномалии. А вината за раѓањето на неквалитетните кадри, вели тој, треба да си ја бара државата кај себе, оти таа е институцијата која им дала акредитација на самите универзитети. „Еден од првите промени што мора да се направат е да се регулираат платите на професорите. Од мое лично искуство можам да потврдам дека луѓето што се професори на факултет, навистина сакаат да бидат професори. Нешто што најмногу сакаат да го прават е да предаваат на факултет. Но, платите се прениски. Конкретно, мојата плата е 31 илјада денари, 23 илјади од државата, а 8 илјади од сопствени средства на факултетот, а има и такви професори кои земаат само 23 илјади денари плата. Додека во исто време "од ракав" се создаваат позиции во администрација со почетна плата од 35 илјади денари, професорите работат за 23 илјади. Мислам дека државата за да добие поквалитетни професори, мора да им се покачат платите. Не може шофер во УЈП да зема 29 илјади плата, а професор 23 илјади“, вели тој. Освен платите, според Трајковски, многу важно е да се вложува и во што е можно повеќе научни проекти. Трето, да се воведат приемни испити. „ Последните конкурси за запишување на факултетите откриваат идеја дека политиката на државата е да ги преземе сите средношколци. Затоа нема и приемни. Се полнат квотите на факултетите. Се нема мерка, само се гледа што поголем број студенти да се запишат оти факултетите добиваат пари, поради партиципацијата од 200/400 евра, па затоа постои тепачка за студенти, било какви. На државата, пак, уписот на факултет

Капитал број 794 16.01.2015

49

и големите квоти и годат за да се контолира и вештачки намали процентот на невработеност.Треба да се напушти малку популистичката политика. Никаде во свет нема 96% од средношколците да студираат. Тоа не е логично “, вели Трајковски. Според него, место мешање на државата во автономијата на универзитетите, тој предлага државата да им помогне на младите способни кадри, на тој начин што ќе ги охрабри и поддржи во реализирање на нивните бизнис идеи. „Државата може да се вклучи на тој начин што ќе го поттикнува претприемништвото меѓу студентите. Да ги поддржи најдобрите студенти да стартуваат некоја идеја. Направија еден куп згради за разно разни цели, може една да се направи за старт-ап бизниси. За фирми со по двајца вработени. Треба да им дадат само струја, вода, телефон и интернет и да се остават децата да работат, да ги развиваат своите идеи“, вели тој. За крај, ни откри дека освен што работи на унапредување на Time.mk и е редовен

Откровение ми стана органското производство на храна

Освен професорската улога и љубовта кон информатиката и вештачката интелегенција, Трајковски вели дека во последните две години слободното време најмногу го користи за создавање фолии преку кои органски произведува храна. „Тоа ми е откровение. Веќе сум член на неколку групи поврзани со органско производство на храна, каде разменуваме најразлични искуства од одгледување на посебни семиња, па се до начинот на изработка на фолиите“, вели тој. професор на ФИНКИ- Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, во моментот работи на четири локални проекти, кои наскоро ќе бидат промовирани во јавноста. А ние со нетрпение чекаме да ги погледнеме!


Капитал број 793 09.01.2015

50

www.kapital.mk

медиуми

I CES 2015 potvrdi:

"INTERNETOT NA NE[TATA" E NOVATA "GOLEMA RABOTA" пишува:

Максим Ристески

maksim.risteski@kapital.mk

Н

еодамна завршениот CES 2015 (Consumer Electronics Show) во Лас Вегас не остави дилеми за тоа каде треба да ја насочат својата енергија креативците од ИТ индустријата - „Интернетот на нештата“ (Internet of Things - IoT) дефинитвно е новата „голема работа“. Безмалку немаше изложувач во Лас Вегас Конвенцискиот Центар што не понуди свое видување за тоа како поврзаните уреди кои меѓусебно комуницираат ќе ни го олеснуваат животот. Особено големите компании претставија куп апарати од IoT трендот: LG - паметни шпорети и машини за перење алишта, Sony - ламби-звучници, August - паметни брави со кои се управува далечински, преку смартфон, а наместо клуч се користи апликација со именик на луѓето добредојдени во вашиот дом. Гигантот Samsung, односно неговиот директор Бу Кеун Јун, уште првиот ден на CES изјави дека за јужнокорејската компанија „Интернетот на нештата“ е поле на исклучителен интерес, и оти мисијата на Samsung е до 2020 година целосно да се сврти кон IoT уредите. За целта Samsung во август лани ја презема (за 200 милиони долари) калифорниската IoT компанија SmartThings. Можеби некому изгледа дека „Интернетот на нештата“ е уште една ако не непотребна, тогаш барем не неопходна работа, наменета само за геџет фрикови. Но, со IoT уредите се штеди (ги вклучувате/ исклучувате кога сакате и од каде и да сте каде што имате пристап до интернет), со тоа се штити и животната средина;

потоа, се зголемува безбедноста (нема да треба да се думате за тоа дали кога сте излегле од дома сте го заборавиле вклучен шпоретот) ... Неслучајно и еден од највлијателните технолошки портали, The Verge, во нивниот избор на „нај“ работи на CES 2015, во категоријата „Најголема приказна“ се одлучи за „Интернетот на нештата“. Еве како The Verge го образложи изборот: „Разликата меѓу тоа колку е здодевна фразата „Интернет на нештата“ и колку тој (IoT) е важен за нашата иднина е голема. Сега кога ги сфативме паметните телефони, ставањето на истата таа минијатуризирана, хипер-конектирана, cloud технологија во „с$“ е очигледниот следен чекор, а ние сме веќе таму. Дотолку повеќе што сега не морате да бидете инженер за да сфатите како да ја претворите вашата куќа/стан во паметен дом“. Покрај The Verge, и сите останати медиуми за технологија направија свој избор на најважни нешта промовирани на CES. Во пресекот на нивните листи се издвојуваат новиот „закривен“ телефон на LG - G Flex 2, кој, според новинарите кои го пробале во Лас Вегас, закривеноста добро ја користи како заштита во случај на паѓање, па, дури и при згазнување на него, има извонреден екран, и добро вградени јасни гестикулации за одредени команди во корисничкиот интерфејс. Потоа, тука е телевизорот на Samsung S9W (SUHD TV - Super Ultra High Definition), кој, исто така, беше закривена ѕвезда на овогодинешниот CES, со своите дури 82 инчи и тоа во 21:9 формат. Најдобар автомобил на саемот понуди Mercedes, со радикалниот концепт F 015 Luxury in Motion, најавувајќи колку е блиску иднината во која нема да има потреба да го возите вашиот миленик на четири тркала, зашто тој самиот ќе знае да го прави тоа. А

LG G Flex

Mercedes F

Dell Venue 8 7000 бидејќи, кога веќе ќе патувате без рацете на воланот, ќе можете слободно да комуницирате со сопатниците, Mercedes предвидел седиштата да можат да се сврат за 180 степени, односно, едно кон друго. Меѓу таблетите на репортерите од технолошките портали најмногу им се допаднал Venue 8 7000, на Dell. Неговиот екран, таканаречениот Infinity Display, се протега такаречи до работ на уредот и располага со резолуција од 1600 x 2560 пиксели. Venue 8 7000 е опремен и со 3D камера (Intel RealSense 3D technology мулти-камера - 2 x 720p) која овозможува рефокус на веќе снимените фотографии. Како најдобар „камбек“ е оценет новиот Walkmen на Sony, ZX2. Новинарите што го пробале потенцираат дека се работи за приличен анахронизам, но, никој од нив не останал рамнодушен на квалитетот на звукот што ZX2 го испорачува.




Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.