cover story
Берзите нoсат најголем ќар, каматите на историски минимум
анализа
Евтини пари и слаба валутарецепт за поголем раст или очаен потег за спас
балкан
На грчкиот Хари Потер нема да му треба многу за да направи магија
број 796 цена 100 ден. | 30 јануари, 2015, петок | година 16
www.kapital.mk
МАГАЗИН ЗА БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Капитал прогнозира:
Еврото и доларот ќе се изедначат!
www.kapital.mk
Капитал број 796 30.01.2015
4
содржина
05 КапиталНО Биљана Здравковска Стојчевска Одговорност!
08 cover story
Како од еден денар да направите два?! Берзите може да донесат најголем ќар, каматите во банките на историски минимум
14 Компании и пазари Капитал прогнозира: Еврото и доларот ќе се изедначат до март?!
18 анализа
28 балкан бизнис и политика
Рецесија, рецесија, е па што... Хрватски фирми прибираат капитал преку берза
34 балкан бизнис и политика
На грчкиот Хари Потер нема да му треба многу за да направи магија И најмалиот успех на Ципрас ќе покаже дека Грците направиле вистински избор, за промени и на стариот континент
Ваш советник за лични финансии
Како од еден денар да направите два без многу работа е прашање од милион долари на кое единствен одговор немаат дури ниту најпроникливите инвеститори, меѓутоа, аналитичарите се едногласни дека подобро може да се заработи ако парите ги вртите на берза отколку во банка. Државните обврзници се прв избор на инвеститорите што сакаат мирно да спијат но и малку да ќарат. Каматите на депозитите и државните обврзници паднаа на историски минимум, додека пак инвестициските фондови остварија рекордно високи приноси.
XX Стр.8
Што може да се очекува по историската одлука на ЕЦБ ? Евтини пари и слаба валута рецепт за поголем раст или очаен потег за спас
24 Интервју
Роберт Береш
маркет менаџер на Империал Тобако
Лидерската позиција на пазарот е успех, но и одговорност
08 ИПО
Евтини пари
38 Лидери
Иако хрватската економија повеќе од 6 години е во рецесија, нагонот на тамошните фирми да го финансираат својот развој преку нови емисии на акции, т.н. initial public offerings –ИПО не е замрен. Две компании само во последниве два месеци објавија дека на овој алтернативен начин ќе прибираат свеж капитал.
XX Стр. 30
Слушајте ги милијардерите Животни лекции од Џек Ма, основачот на Alibaba Group
Министрите за финансии на земјите од еврозоната донесоа историска одлука -Европската централна банка (ЕЦБ) да ја стартува програмата наречена квантитативно олеснување, која подразбира дека ќе почне со масовно купување на обврзници со цел да пушти поголема сума на пари во оптек. Ова е за прв пат по воведувањето на еврото, ЕЦБ да испорача ваков потег и подготвеност да се брани еврозоната. Капитал анализира какви ќе бидат ефектите од овој потег за европската економија?
39 Hi-tech & business
Зошто извршниот директор на Google Ерик Шмит вели дека Интернетот ќе исчезне
40 CEO Profile
Хауард Шулц
извршен директор на Старбакс
Кралот на кафетериите
42 Бизнис трендови
XX Стр. 18
Сонцето ќе биде основен извор на енергија до 2050.
46 бизнис и политика Ќе си ја пресече ли капитализмот гранката на која седи?
Лек за капитализмот
Капитализмот треба да почне да се лекува така што ќе се изгради свест оти мерка за богатството на едно општество е стапката по која новите решенија за проблемите на луѓето стануваат достапни.
XX Стр. 44
Растечката нееднаквост ја убива креативната сила на капитализмот
48 на ручек со...
Роберт Атанасовски фотограф
Фотоапаратот е моето најдобро перо
18
Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул.Партизански одреди бр. 17-1/16 l П. ФАХ 503, 1000 Скопје l Основач и директор: Љупчо Зиков l Одговорен уредник: Биљана Здравковска Стојчевска Печати: Графички центар Скопје, ул. Скупи бб, 1000 Скопје l Тираж: 3.000 примероци l Датум на печатење: 29.01.2015
www.kapital.mk
Капитал број 796 30.01.2015
Капитално
5
Одговорност!
Д
Биљана Здравковска Стојчевска biljana.zdravkovska@kapital.mk
После секоја поплава и непогода само појасно се гледаат промашените политики и потезите кои не се прават со години наназад. Ќе поднесе ли некој одговорност за ваквиот несериозен однос и штетите кои ги трпат луѓето? Изјавите дека допрва треба да се градат акумулации и брани за долгорочен спас од поплави денес немаат ама баш никаква употребна вредност. Тие одамна требаше да бидат изградени. Многу поодамна од спомениците, бродовите и тркалата по Вардар.
еновиве повеќето медиуми во Македонија одбраа да се занимаваат со глобални теми. За историскиот потег на Европската централна банка, за победата на Ципрас и што таа ќе значи за Европа, дали Грција сега ќе банкротира или ќе успее да измоли за отпис на долгот... А додека се разглобуваа светски тези и дилеми, половина Пелагонија, најплодната рамница во Македонија, беше поплавена под вода. И тоа од краток дожд, од врнежи само неколку часа. Да се случеше ова во Германија, во Франција или во било која земја, сигурно ќе беше топ тема со денови. И сигурно ќе беа повикани конкретни луѓе на одговорност за штетите кои ќе ги претрпат земјоделците, па и целата држава.Во земја која претендира дека е земјоделска, и која секоја година истура над 100 милиони евра во субвенции на земјоделците за повеќе да произведуваат, ова се случува секоја година при секој дожд. Секоја година топењето на снегот и дождовите не изненадуваат со поплави. За попат од јадните луѓе да слушнеме податок дека каналот на Црна Река, најголемата река во Пелагониско, не е чистен со години. Во што е проблемот? Нема пари за ова? Или воопшто на никој не му текнува дека ова треба да се прави. Тука веќе не помага ниту осигурување на посевите. Ова е класичен пример кој покажува дека државата, односно јавните претпријатија, ресорните министри, локалните власти не си ја завршуваат работата за која земаат плата. Еве на пример што прават пратениците од Пелагониско или Струмичко кои седат во Парламентот? Тие би требало да се во тек дека најмалку еднаш годишно сите посеви на земјоделците се под вода. Бидејќи нели патуваат секој ден од селата и градовите кои ги гласале би требало досега да им текне да побараат од власта да ги реши тие проблеми. Нели земаат плата да ги претставуваат интересите на народот кој ги гласал за да седнат во Парламентот? Очигледно се премногу зафатени со пресметување колку илјади евра треба
да земат за патни трошоци. Трошоци од кои голем дел веројатно и не постојат, бидејќи истите тие пратеници имаат станови и секој ден можат да се видат како се шетаат низ центарот на Скопје. И сега гледаме на телевизија се формирал кризен штаб. Името е толку сериозно што споено со ликовите кои седнале во кризниот штаб изгледа како да снимаат комедија. Каков бре кризен штаб? Какви кризи ќе решавате вие? Веројатно сметаат дека со тоа што се собрале сите да кажат пред камери дека Македонија ја чека уште еден бран дождови и поплави, си ја завршиле нивната работа. Сакале да ја подигнат состојбата на алармантно ниво за да ги заштителе граѓаните и нивните имоти од нови поплави. Демек тие предупредиле. Па после ќе констатираат дека локална заедницата од Долно дупени потфрлила да се соочи со предизвикот. Исто како со завеаните села од снегот пред еден месец кој се денови немаа струја ниту пристап до намирници. За да на крајот ресорниот министер каже дека директорот на јавното претпријатие за патишта не си ја завршил работата. А тоа јавно претпријатие нема ни еден читав камион за чистење снег, а веројатно директорот е ставен на таа позиција само за да задоволи процент по Рамковен. Ова се ситуации кои покажуваат дека државата не функционира. Дека надлежните институции, министри и директори не го прават тоа што треба секој ден да го прават. Ова се ситуации кои покажуваат дека како држава фрламе милиони евра за тркала, мостови и восочни фигури, а за клучните и важни приоритети нема пари. Ова е пример дека како не треба да се управува со јавните пари и приоритети. После секоја поплава и непогода само појасно се гледаат промашените политики и потезите кои не се прават со години наназад. Ќе поднесе ли некој одговорност за ваквиот несериозен однос и штетите кои ги трпат луѓето? Изјавите дека допрва треба да се градат акумулации и брани за долгорочен спас од поплави денес немаат ама баш никаква употребна вредност. Тие одамна требаше да бидат изградени. Многу поодамна од спомениците, бродовите и тркалата по Вардар.
www.kapital.mk
Капитал број 796 30.01.2015
6 НАВИГАТОР ИЗЈАВА НА неделата > БРОЈКА
7,8%
се проценува дека ке порасне кредитирањето на приватниот сектор годинава
Марк Зукенберг
Медиумите даваат погрешна претстава за основањето на бизнис. Според нив, треба да си човек со генијална идеја, за да основаш компанија. Tокму со што со тоа ги демотивираат луѓето да формираат старт ап компанија“
основач на Фејсбук
победник на неделата
Алексис Ципрас
А
налитичарите на ММФ сугерираат дека „предвиденото воспоставување на оф-шор финансиски центар не треба да ја загрози внимателно сочуваната стабилноста на македонскиот финансиски систем. Предложените Уставни измени ќе создадат законска основа за формирање слободни финансиски зони, но останува да се утврди оперативната рамка така што ќе биде важно да се земат предвид најдобрите практики особено за да
ММФ: Да се подобри ликвидноста на фи за тие да го предвод
+
Лидерот на Сириза, Алексис Ципрас, го инспирираше грчкиот народ да се ослободи од политичкото ропство во кое изборот на избори му беше сведен, особено последниве години, на две зла, од кое не можеше да се избере помалото - помалку виновното за ситуацијата која доведе до болните мерки за штедење што во замена за пакетот помош на Грција & ги наложи таканаречената Тројка. Ципрас така ги победи грчките традиции, лошите, но, и оние што не се сосем такви, како црковната инаугурација на премиерот, зашто се беа претвориле само во форма без содржина. Премиерот без вратоврска, антибирократ, даде пример и за однос кон скапиот државен апарат, особено во услови на криза, преполовувајќи го бројот на министри во својот кабинет - од дваесетте на Самарас, на десет во владата на Сириза. И додека му предвидуваа дека ќе биде „преслушан“ од претставниците на Тројката во преговорите околку враќањето на грчкиот долг, и ќе се покаже колку е неискусен во економските и во правните работи, Ципрас за министер за финансии го постави добро поткованиот во однос на западниот економски систем, професорот и доктор по економски науки од Есекс, а кој наметнатите мерки за штедење ги спореди со методите за мачење на ЦИА, Јанис Варуфакис. Посветеноста на главната цел на новата влада, премиерот ја потврди и брзо постигнувајќи договор за коалиција со десничарите „Независни Грци“, со кои Сириза нема ништо заедничко, освен жестокото противење на мерките за штедење.
ММФ предупредува: Внима
Патрик Житон
репрезентативен претставник на ММФ во Македонија
Потребно е да се направи ригорозна cost – benefit анализа на капиталните проекти со цел да се постигне максимална исплатливост.
пишува:
Александар Јанев
aleksandar.janev@kapital.mk
П
риватните компании во Македонија работат во тешки финансиски услови и поради тоа фокусот мора да се стави на подобрување на ликвидноста за да може приватниот сектор да биде предводник на економскиот раст, оценува Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во својот најнов извештај за земјава. Аналитичарите на ММФ забележуваат дека една фактура во земјава се наплатува во просек за четири месеци, а проблемот со наплатата е особено изразен кај најмалите фирми кои не
можат да наплатат едно побарување и по 10 месеци. ММФ проценува дека економскиот раст на среден рок ќе се движи околу 4%, но државата со своите капитални инвестиции ќе придонесува со 1,5 до 2 процентни поени во растот на БДП. „Капиталните инвестиции од државниот буџет остануваат на високо ниво со цел да ја поттикнат економијата, меѓутоа, потребно е да се направи ригорозна cost – benefit анализа на проектите со цел да се постигне максимална исплатливост. Тоа најдобро може да се оствари преку инвестиции во транспортната и енергетската инфраструктура“, пишува во извештајот на ММФ. Фондот сугерира посилна фискална консолидација што значи намалување
www.kapital.mk
Капитал број 796 30.01.2015
7
мателно со финансиската зона се ограничат ризиците од потенцијално перење пари“. Властите ги увериле претставниците на ММФ дека ќе забранат прибирање на домашни депозити од страна на компаниите што ќе дојдат во најавената финансиска зона. „Тие потврдија дека проектот има за цел да привлече регионални финансиски фирми, главно не – банкарски институции кои би дошле поради ниските трошоци за поддршка на услугите во земјава и ќе бараат физичко присуство на минимален број на вработени и јасна структура на управување“, пишува во извештајот на ММФ.
и ирмите дат растот Приватните компании во Македонија работат во тешки финансиски услови и поради тоа фокусот мора да се стави на подобрување на ликвидноста за да може приватниот сектор да биде предводник на економскиот раст, оценува ММФ во својот најнов извештај за земјава. на буџетскиот дефицит на среден рок за да се стабилизира нивото на јавен долг, кое според ММФ во следните четири години ќе се искачи на 52% од БДП. Според ММФ, зависноста од надворешно задолжување исто така може да има влијание врз макроекономската стабилност. Според пресметките на Фондот, Владата до 2017 година треба да отплати 2,6 милијарди евра од поранешни задолжувања со државни обврзници, а во истиот период планира да се задолжи на домашниот пазар со 1,5 милијарди евра, што значи дека нето ликвидноста во економијата ќе се зголеми за 1,1 милијарда евра. За да не се наруши макроекономската рамнотежа, ММФ оценува дека Банката на Македонија ќе мора да ја стерилизира оваа ликвидност преку благајничките записи. Најголем ризик според ММФ за домашната економија и понатаму е слабото заздравување на европската економија и континуираната дефлација. „Заостанувањето на европската економија може да биде опасно за извозот на Македонија меѓутоа може да влијае и на одложување на некои очекувани странски инвестиции“, проценува ММФ.
> БРОЈКА
мисла на неделата
6,1%
Во бизнисот колку подолго чекаш толку повеќе станува досаден. Ако сите чекаат толку долго тогаш постои можност целата економија да пропадне
порасна бруто полисираната премија од осигурителните компании за девет месеци лани, на годишно ниво
лидери
Џефри Сакс американски економист
губитник на неделата
Тим Кук
Извршниот директор на Apple соопшти рекордни приходи (74,6 милијарди долари) и профит (18 милијарди) во последниот квартал од 2014
Марио Драги
И покрај критиките во најбогатите и најмоќни земји членки на ЕУ се одлучи на потег во насока на економски спас на еврозоната
не им беше неделата
Јоргос Папандреу
Презимето Папандреу за прв пат по 92 години нема да биде дел од грчкиот Парламент, откако новата партија на експремиерот не освои доволно гласови на изборите во Грција
Владимир Путин
Рејтинг агенцијата S&P го намали кредитниот рејтинг на Русија на статус “ѓубре” што ќе создаде поголеми проблеми на руската економија
_
Трајко Вељаноски Не може да не се повика на одговорност претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, кој како менаџер на законодавниот дом, освен со ставање ред во „дебатата“ на пратениците, мора да се позанимава и со начинот на кој тие го трошат буџетот на институцијата. На пратениците за само единаесет месеци им биле исплатени неверојатни безмалку еден милион евра за патни трошоци за периодот од мај 2013 до септември 2014 година (не треба да се заборави дека лани, поради изборите, Собранието не работеше неколку месеци), како што покажа истражувањето на порталот Инбокс 7! Дури и пратеници од внатрешноста за кои целата јавност знае дека имаат куќи или станови во Скопје, од собранискиот буџет си наплаќале и над дваесет илјади евра за патни трошоци! Ова мора да го заинтригира спикерот Вељаноски, некако да покаже дека води Собрание во услови на економската криза, кое згора на тоа што речиси целиот буџет го троши на плати за пратениците (за годинава за целта се предвидени 4,7 милиони евра), истиот го дотрошува за патни трошоци (во 2015 на располагање на претениците и службите се 813 илјади евра). И за да биде со уште помалку „усул“, парламентарците неодамна си ги зголемија дневниците за патување во странство, така што наместо од 30% до 35% од вредноста на пропишаните дневници за местата каде што патуваат, сега ќе добиваат 50%.
Капитал број 796 30.01.2015
8
www.kapital.mk
cover story
Како од еден денар да направите два?!
Берзите нoсат најголем ќар, каматите на историски минимум
www.kapital.mk
К
Како од еден денар да направите два без многу работа е прашање од милион долари на кое единствен одговор немаат дури ниту најпроникливите инвеститори, меѓутоа, аналитичарите се едногласни дека подобро може да се заработи ако парите ги вртите на берза отколку во банка. Државните обврзници се прв избор на инвеститорите што сакаат мирно да спијат но и малку да ќарат. Каматите на депозитите и државните обврзници паднаа на историски минимум, додека пак инвестициските фондови остварија рекордно високи приноси. Пазарот на недвижности исто така е примамлив за многу граѓани што имаат вишок пари, но цените одат надолу.
Капитал број 796 30.01.2015
9 пишува:
Александар Јанев
aleksandar.janev@kapital.mk
Како од еден денар да направите два без многу работа е прашање од милион долари на кое единствен одговор немаат дури ниту најпроникливите инвеститори, меѓутоа, аналитичарите се едногласни дека подобро може да се заработи ако парите ги вртите на берза отколку во банка. Државните обврзници се прв избор на инвеститорите што сакаат мирно да спијат но и малку да ќарат. Каматите на депозитите и државните обврзници паднаа на историски минимум, додека пак инвестициските фондови остварија рекордно високи приноси. Пазарот на недвижности исто така е примамлив за многу граѓани што имаат вишок пари, но цените одат надолу. Професорот што на факултет ги учи студентите како е најпаметно да се вртат парите, Сашо Арсов, објаснува дека инвеститорите немаат особено поволен амбиент за безризично вложување. „Вложувањата во банкарски депозити и државни обврзници (за денационализација), кои досега им носеа разумен принос, со оглед на нискиот ризик, веќе не се такви. Приносите на овие вложувања станаа неатрактивно ниски, а со оглед на високата ликвидност на банките, може да се очекува и нивно натамошно намалување. Сепак, за инвеститорите што би вложувале на куси рокови, банките остануваат добра алтернатива, а посебно денарските депозити“, вели професорот Арсов. Како друга алтернатива за вложување професорот Арсов ги посочува инвестициските фондови, кои нудат меѓународна диверзификација на портфолиото, но проблематична според него е големата неизвесност, како економска, така и политичка. „Една моја лична препорака, секако, зависно од индивидуалните карактеристики на инвеститорите, се акциите на домашните компании кои исплатуваат дивиденди. Мислам дека и домашната јавност веќе ја препозна оваа можност, па овие акции пораснаа во текот на минатата година, но се уште нудат поволен дивиденден принос (однос дивиденда-цена на акцијата). Секако, тука постои опасноста од пад на цената на акцијата и капитална загуба, но искуството покажа дека цените на овие акции имаат поголема стабилност од останатите. Повторно, укажувам
дека акциите се вложувања наменети за оние што можат да си дозволат подолги рокови на инвестирање на сопствените средства“, потенцира професорот Арсов. Меѓутоа, тој вели дека домашните инвеститори имаат прилично ограничен избор на инвестирање бидејќи во земјава не е дозволено да се инвестира во злато, а на пазарот ги нема ниту корпоративните и комерцијалните записи. „Во услови на кризи и пореметувања на пазарите, златото станува безбедно прибежиште на сите инвеститори, но кај нас не постои можноста за вложување директно во злато на пример, во форма на прачки. Законот оневозможува и создавање инвестициски фондови кои би вложувале во стоки. Недостасуваат и корпоративните обврзници и комерцијални записи. Овие инструменти обично носат повисоки приноси од државните обврзници, а се помалку ризични од акциите на истите компании. Не очекувам ова да се промени во догледно време, но нивното постоење би им дало значајна алтернатива на инвеститорите“, коментира Арсов.
Берзата зема залет
Основниот берзански индекс МБИ 10 после неколку години пауза, лани прикажа пораст на вредноста за 6% достигнувајќи 1.844 индексни поени. Лани најмногу се тргувале акциите на Фершпед, Комерцијална банка, Алкалоид, Макпетрол и Телеком, а на овие пет акции лани отпаѓа без малку 95% од вкупниот промет со акции, вклучувајќи ги и блок трансакциите. Најголем пораст на вредноста лани имале акциите на Скопски пазар, од 161%, Хотели Метропол од 153%, Агро Куманово од 143%, НЛБ Тутунска банка од 130% и Стопанска банка Скопје од 121,4%. Податоците од Централниот депозитар пак покажуваат дека просечната вредност на една акција минатата година изнесувала 643,2 денари, што значи дека се намалила за 10,9% за една година. Никогаш не може точно да се предвиди како ќе се движат цените на акциите на Берзата, но факт е дека тие во моментот се потценети што ги прави атрактивни за купување. Брокерите коментираат дека сега е време да се инвестира во акции, бидејќи на долг рок се очекуваат попозитивни движења како во Европа така и
www.kapital.mk
Капитал број 796 30.01.2015
10
cover story Сашо Арсов
од пад на цената на акцијата и капитална загуба, но искуството покажа дека цените на овие акции имаат поголема стабилност од останатите. Вложувањата во банкарски депозити и државни обврзници (за денационализација), кои досега носеа разумен принос, со оглед на нискиот ризик, веќе не се такви. Приносите на овие вложувања станаа неатрактивно ниски, а со оглед на високата ликвидност на банките, може да се очекува и нивно натамошно намалување.
професор
М
оја лична препорака, секако, зависно од индивидуалните карактеристики на инвеститорите, се акциите на домашните компании кои исплатуваат дивиденди. Мислам дека и домашната јавност веќе ја препозна оваа можност, па овие акции пораснаа во текот на минатата година, но се уште нудат поволен дивиденден принос. Секако, тука постои опасноста
9000
0,9% изнесува просечната камата на депозитите во банките
Движење на МБИ 10
8000 7000 6000
-
+ 109,1%
5000
72,9%
4000 3000
+ 61,5%
+ 31,3%
2000
-
17,2%
-
13,4%
-
12,3%
+ 6%
+ 0,4%
1000 0 2005
2006
во домашната економија, влез на странски капитал и интеграција на земјата во ЕУ и НАТО, што значи дека вредноста на акциите ќе расте. „Поаѓајќи од тоа колку е потценета вредноста на акциите на македонскиот пазар на капитал, сметам дека постои простор за интензивирање на растот оваа година во однос на минатата година. Во прилог на поголемиот раст се и очекувањата за зголемување на растот на БДП што треба да се одрази преку соодветен раст на обемот на работење и профитабилноста на македонските компании. Исплата на дивиденди најреално е да се очекува кај компаниите што и досега имаат таква политика на распределба на добивката. Во зависност од остварениот резултат ќе можеме да очекуваме и раст на нивото на дивиденди во споредба со минатите години“, вели Горан Марковски, извршен
2007
2008
2009
директор на КБ Публикум Инвест. Добрите ветришта на Македонската берза ги почувствуваа и инвестициските фондови кои лани остварија двоцифрени годишни приноси, некои од нив и до 20%. Најдобри приноси за своите инвеститори прикажаа токму фондовите што парите ги вложиле во во акции и обврзници на Македонската берза но и на странски берзи, додека пак најниски приноси имаат паричните фондови кои што парите вообичаено ги вложуваат во банкарски депозити. Меѓутоа, интересно е што токму овие фондови со најниски приноси, располагаат и со најмногу пари, што значи дека граѓаните не се подготвени да ризикуваат повеќе за повисоки приноси. Интересот за вложување во инвестициски фондови драстично се зголемува а тоа го покажува и податокот дека за една година, инвеститорите
2010
2011
вложиле два и пол пати повеќе пари. На крајот на годината, вкупно 13 фондови управуваа со 31,4 милиони евра. Менаџерите на инвестициските фондови имаат позитивни очекувања дека ќе продолжат да остваруваат солидни приноси и дека паралелно со тоа ќе расте и интересот на граѓаните да инвестираат во овие фондови. „Остварените високи приноси се резултат на соодветниот избор на вложувања во акции и обврзници и на македонскиот и на развиените пазари на капитал. Врз основа на предвидувањата на повеќето меѓународни финансиски институции како и инвестициски банки, и годинава можеме да очекуваме благо подобрување на состојбите во европската економија и одржување на нивото на раст на американската економија од минатата година. Што
2012
2013
2014
се однесува до пазарите на капитал оваа година се очекува да продолжи трендот на раст меѓутоа со послаба динамика во рамки од 5-8%“, вели Марковски. Инвестициската политика на фондовите во голема мера го определува типот на инвеститорите. Оние што не сакаат многу да ризикуваат, се одлучуваат да инвестираат во парични или обврзнички фондови кои што имаат и најниски приноси и тие опфаќаат речиси 85% од сите средства со кои што управуваат инвестициските фондови. „Во моментот најголем е интересот на инвеститорите за паричните фондови, но сметам дека во иднина интересот за акциските фондови ќе биде поголем“, вели Лазе Камчев, извршен директор на КД Фондови. Марковски објаснува дека во паричните фондови најмногу вложуваат фирмите и други финансиски институции и на тој начин управуваат
www.kapital.mk
Капитал број 796 30.01.2015
11 Горан Марковски
извршен директор на КБ Публикум Инвест
П
оаѓајќи од тоа колку е потценета вредноста на акциите на македонскиот пазар на капитал, сметам дека постои простор за интензивирање на растот оваа година во однос на минатата година. Во прилог на поголемиот раст се и очекувањата за зголемување на растот на БДП што треба да се
5,2%
изнесува каматата на две годишна државна обврзница и за една година е пониска за 1,8 п.п.
Банкарските камати на историски минимум денарски
4,2%
4,0%
3,9%
девизни
3%
3,0%
2,0%
2,2%
Камати на депозити во банките
6,0%
5,0%
одрази преку соодветен раст на обемот на работење и профитабилноста на македонските компании. Исплата на дивиденди најреално е да се очекува кај компаниите што и досега имаат таква политика на распределба на добивката. Во зависност од остварениот резултат ќе можеме да очекуваме и раст на нивото на дивиденди во споредба со минатите години.
1,6%
1,0%
0,0% 2009
1,3%
2010
со ликвидноста, додека пак граѓаните најчесто се одлучуваат за инвестиции во акции и обврзници. „Врз основа на нашите досегашни искуства може да се констатира дека балансираниот фонд како алтернатива за долгорочно вложување во акции и обврзници е поприфатен од физичките лица. Овој фонд има принос од 23% и е резултат на соодветниот избор на вложувања во акции и обврзници и на македонскиот и на развиените пазари на капитал. Паричните фондови од друга страна, како
0,9% 2011
2,5%
0,7%
0,5%
2012
2013
алтернатива на краткорочно пласирање на средствата со многу повисок принос се користат пред се од фирмите во Македонија. Во оваа група влегуваат и низа финансиски институции кои што ги пласираат привремените вишоци на средства во овие фондови, што е секако потврда за нивната економска оправданост“, вели Марковски. Интересно е што инвестициските фондови им овозможуваат на македонските инвеститори индиректно да купуваат хартии од вредност и од странските компании. Со
2%
0,3% 2014
тоа се обезбедува учество и можност за тргување на инвестициските фондови, како посебен вид финансиски институции, на странските берзи. Тоа значи дека со удел во некој акциски фонд, индиректно инвеститорот вложува во акции на Google, Apple, Coca Cola, Intel, BMW или Samsung. Овие инвестиции носат стабилна заработка, но без можност да се остварат енормно високи приноси. Повисок принос, според аналитичарите, може да обезбедат вложувања во акции на пазарите на капитал во земјите во развој.
Банките во Македонија се уште важат за најсигурни места за орочување на капитал. Зихерашите, кои не сакаат да ризикуваат, вишокот пари ги депонираат во банките за што може да добијат највисока камата од 6,7% за денарски депозит со валутна клаузула орочен на подолг период и најмногу 2,7% за долгорочен депозит во евра. Депозитите може да се орочуваат на различен период, а банкарите нудат повисоки камати за оние што ќе ги остават парите на чување подолго. Ако се анализира депозитниот раст за минатата година, тогаш тој податок е доволен показател дека интересот на граѓаните за банкарските депозити се зголемува. Граѓаните за една година орочиле 10,4% повеќе пари во банките со што вкупните депозити достигнаа 4,65 милијарди евра. Од аспект на валутната структура, денарските депозити се основниот двигател на годишниот раст на вкупните депозити. Причина за тоа се повисоките камати за штедење во денари отколку во странска валута. Проценките за каматите за штедење се дека и понатаму
www.kapital.mk
Капитал број 796 30.01.2015
12
cover story 4,8%
4%
Годишна промена на цената на становите
2,0%
2%
0%
2,0%
1,5%
0,7%
1,1%
-0,2%
-0,2%
-1,8%
-2 %
-3,3%
-1,4%
-0,4% -1,3%
-1,5% -3,3% -3,5%
-4 %
-0,6%
-3,7%
-3,0%
-4,7% -5,4%
-6 % Кв.3 Кв.4 Кв.1 Кв.2 Кв.3 Кв.4 Кв.1 Кв.2 Кв.3 Кв.4 Кв.1 Кв.2 Кв.3 Кв.4 Кв.1 Кв.2 Кв.3 Кв.4 Кв.1 Кв.2 Кв.3 Кв.4
2009
-7,6%
2010
2011
2012
2013
2014
-8 %
ќе се намалуваат. Просечната камата на сите видови депозити во земјава лани се намали за 0,3 процентни поени, од 1,2% на 0,9%.
Каматите на државните обврзници паѓаат
Банките како конзервативни финансиски
СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ
Во петтиот по ред прилог за осигурување, кој ќе излезе на 6 февруари 2015, Капитал ги истражува можностите како најдобро да го осигурате Вашиот бизнис?
6
ФЕВРУАРИ 2015
институции, но и многу приватни компании имаат голем интерес за инвестирање во безризични хартии од вредност што ги издава Министерството за финансии и Народната банка. Вкупно во овие хартии од вредност се инвестирани речиси 1,5 милијарди евра.
Меѓутоа, ако на почетокот на минатата година со инвестирање во државни обврзници можеше да се заработи принос од 5,3% за десетгодишна обврзница или пак 4% за обврзница со рок на доспевање од две години, кон крајот на годината Министерството за
ОСИГУРУВАЊЕ КАКО НАЈДОБРО ДА ГО ОСИГУРАТЕ ВАШИОТ БИЗНИС? Какви се можности им стојат на располагање на компаниите од понудите на осигурителните компании за осигувурање на бизнисот? Какви понуди имаат осигурителните компании и колку бизнис секторот ги користи истите?
Повеќе информации во врска со прилогот и за претставување во истиот можете да добиете на е-маил gordana.mihajlovska@kapital.mk или на телефонскиот број 023298111
Заживува осигурувањето на имот на домаќинства? Анализа на пазарот по осигурителни куќи и понудите за осигурување на имот? Како државата го осигурува имотот? Како се избираат осигурителните компании? Кој го држи најголемиот дел од пазарот?
ЛИЦE ЗА КОНТАКТ:
ГОРДАНА МИХАЈЛОВСКА
www.kapital.mk
Капитал број 796 30.01.2015
13 До 5.000 евра во фондови, над 5.000 евра во се по малку
З
а вложувања до 5.000 евра најисплатлива комбинација е парите да се стават во инвестициски фондови бидејќи трансакциските трошоци за директно вложување во акции се преголеми и непотребно би го оптовариле инвеститорот. За инвестирање на поголеми суми од 5.000 евра најдобро е да се направи комбинација од директни вложувања во акции, фондови и депозити. При формулирање на конкретното портфолио на инвеститорот, треба да се земат предвид низа аспекти а пред се возраста на инвеститорот, очекуваниот
финансии ги намали каматите на 3,8% и 2,2% соодветно. Според планот за годинава објавен во Фискалната стратегија, Владата со издавање на државни записи и обврзници планира да се задолжи за 165 милиони евра. Народната банка пак, се уште ја држи основната камата на благајничките записи на ниво од 3,25%, но овие записи може да ги купуваат само банките.
Цените на недвижностите паѓаат Недвижностите губат од атрактивност за инвестирање а тоа го покажуваат
принос, нивото на ризик што е спремен да го преземе, временскиот хоризонт на инвестирањето. Доколку се работи за поконзервативен инвеститор, секако дека вложувањата треба во поголем дел да бидат насочени во обврзнички фондови и депозити а помалку во акции и акциски фондови. Доколку се работи за помлади инвеститори кои се спремни да преземат поголем ризик, вложувањата траба да бидат насочени кон акции, акциски и балансирани фондови кои би оствариле конкурентен принос во однос на поконзервативните алтернативи.
и податоците на Народната банка на Македонија според кои, во последниот квартал од минатата година цените на становите се намалиле за 0,6% на годишно ниво. Споредено со 2010 година која што НБМ ја смета базна година, цените на становите се намалиле за 8,9%. Според проценките на аналитичарите цените на недвижностите ќе продолжат да паѓаат и понатаму поради зголемената понуда на станови и послабото темпо на продажба во споредба со динамиката на изградба. Според последните податоци од Државниот завод за статистика, само во
ноември градежните компании добиле за 54% повеќе градежни дозволи за изградба на станови. Во исто време расте и кредитирањето од банките за купување станови но со значително побавно темпо. Заклучно со ноември лани, банките одобриле вкупно 416,1 милиони евра за станбени кредити што е пораст за 16,2% на годишно ниво. Професорот Арсов пак, вели дека инвестирањето во недвижности (станови) не би го препорачал бидејќи смета дека „понудата на нашиот пазар е презаситена, а се работи и за многу неликвидна инвестиција“. nnn
www.kapital.mk
Капитал број 796 30.01.2015
14
Компании и пазари
Димитар Богов
Митко Кочовски
оминалната вредност на штедните влогови или кредити во евра или со клаузула во евра останува иста и не зависи од промената на односите на еврото со трети валути, на пример американскиот долар и швајцарскиот франк. Можно е извесно зголемување на извозот доколку одредени субјекти во еврозоната проценат дека им е поисплатливо одредени стоки и услуги да ги купуваат од земји чии валути се врзани за еврото.
оместувањето на курсот евро долар е особено чувствително прашање кога компаниите купуваат суровини во долари, а продаваат и извезуваат во евра. Во металопреработувачката индустрија и во Макстил посебно основните челични полуфабрикати се плаќаат во долари, а пласманот на лимовите е насочен кон европските дестинации и е во евра. Единствено поволен момент како резултат на оваа ситуација е што станува прифатлив пласманот на американскиот пазар, кој досега беше практично неисплатлив. Но, тој сегмент е само мал дел од нашиот извоз.
гувернер на Банката на Македонија
Н
директор во Макстил
П
Капитал прогнозира:
Еврото и доларот ќе се изедначат! Поразот на биковите во Европа му донесоа најниска вредност на еврото во последните 11 години а според проценките на финансиските аналитичари, европската валута ќе продолжи да слабее до изедначување со вредноста на доларот најдоцна за два месеци.
www.kapital.mk
Капитал број 796 30.01.2015
15 Емил Јакимов
претседател на Здружението на финансиски пазари
О
чекувам дека најдоцна за два месеци вредноста на еврото и доларот ќе се изедначат. Всушност и најновата одлука на Европската централна банка (ЕЦБ) преку откупување на обврзници да пушти над 1.000 милијарди евра во оптек е во насока да се поттикне инфлацијата и со тоа пазарно да се ослаби вредноста на еврото.
25% од увозот на Македонија доаѓа од земји на кои им плаќаме во долари
Однос евро / долар (2004-2015)
1,47
5,6% изнесува невработеноста во САД што е најниско ниво во последните шест и пол години
1,45 1,37
1,35 1,28
1,30
1,27
1,25
1,27
1,27
1,20 01/2004
01/2005
01/2006
П пишува:
Александар Јанев
aleksandar.janev@kapital.mk
Поразот на биковите во Европа му донесоа најниска вредност на еврото во последните 11 години а според проценките на финансиските аналитичари, европската валута ќе продолжи да слабее. „Очекувам дека најдоцна за два месеци вредноста на еврото и доларот ќе се изедначат. Всушност и најновата одлука на Европската централна банка (ЕЦБ) преку откупување на обврзници да пушти над 1.000 милијарди евра во оптек е во насока да се поттикне инфлацијата и со тоа пазарно да се ослаби вредноста на еврото“, коментира Емил Јакимов, претседател на Здружението на финансиски
1,21 01/2007
01/2008
01/2009
01/2010
пазари. И додека Европа е вознемирена од победата на грчкиот Хари Потер на предвремените парламентарни избори, Алексис Ципрас, и можното излегување на Грција од еврозоната, на американската економија и оди се подобро. Американскиот претседател Барак Обама и официјално стави крај на рецесијата објавувајќи дека економијата сега создава најмногу работни места во последните 15 години. Тоа уште повеќе ги засили очекувањата дека зелената банкнота ќе расте наспроти песимистичките очекувања за движењето на еврото. Фиксниот курс на денарот со еврото ги заштитува граѓаните од варирањето на вредноста на европската валута. “Номиналната вредност на штедните влогови или кредити во евра или со клаузула во евра останува иста и не зависи од промената на односите на еврото со трети валути, на пример американскиот долар и швајцарскиот франк”, вели гувернерот на Банката на Македонија, Димитар Богов. Поради де факто фиксниот курс на денарот во однос на еврото, промените на вредноста на еврото во однос на другите
01/2011
01/2012
01/2013
светски валути нема никаков ефект врз имателите на девизни кредити и кредити со девизна клаузула во евра во Македонија. За оние, пак, кои имаат кредити во друга валута, како на пример во долари или франци, моменталните движења се неповолни и тие губат. Но, оваа изложеност во Македонија е многу ниска. Што се однесува до банкарските депозити, се проценува дека само околу 7% од вкупните штедни влогови во девизи, односно само 4% од вкупната пасива во банкарскиот сектор се во долари. Дури 90% од заштедите во странска валута се во евра и тие се безбедни во однос на падот на вредноста на еврото поради фиксниот курс на денарот врзан за европската валута. Јакнењето на доларот може да им создаде проблеми на македонските компании кои увезуваат од странство и плаќаат во долари. Од друга страна пак, македонскиот извоз во САД и во други земји каде што стоката се продава за долари, станува поконкурентен на тие пазари. Доларите што ќе ги добијат извозните компании ќе вредат повеќе во денари, додека пак увозниците кои ќе треба да платат повеќе бидејќи
01/2014
01/2015
1,13 28/01/2015
ќе мора да купат долари со повеќе денари. “Поместувањето на курсот евро долар е уште еден нов фактор кој дополнително ја усложнува и онака сложената ситуација со која челичната индустрија се соочува во поледните шест години. Ова е особено чувствително прашање кога компаниите купуваат суровини во долари, а продаваат и извезуваат во евра. Во металопреработувачката индустрија и во Макстил посебно основните челични полуфабрикати се плаќаат во долари, а пласманот на лимовите е насочен кон европските дестинации и е во евра. Единствено поволен момент како резултат на оваа ситуација е што станува прифатлив пласманот на американскиот пазар, кој досега беше практично неисплатлив. Но, тој сегмент е само мал дел од нашиот извоз”, вели Митко Кочовски, директор во Макстил. Според Марјан Петрески, професор на Американ Колеџ, моменталните движења се поволни за извозниците кои извезуваат надвор од Европската Унија, односно чии трансакции се деноминирани
www.kapital.mk
Капитал број 796 30.01.2015
16
Компании и пазари
во долар, франк и сличните валути кои во моментов имаат висока вредност во однос на еврото, а со тоа и во однос на денарот, што го прави извозот деноминиран во овие валути поевтин. “Македонија одржува дефакто фиксен девизен курс на денарот во однос на еврото. Без оглед што ќе се случува со еврото на меѓународниот финансиски пазар, нашата централна банка ќе го апсорбира целосно преку интервенциите на девизниот пазар, поради политиката на одбрана на таргетираното ниво на девизниот курс”, вели Петрески. Гувернерот Богов вели дека Македонија главно извезува во еврозоната и не се очекува значителна промена на пазарниот удел на нашите извозници. „Можно е извесно зголемување на извозот доколку одредени субјекти во еврозоната проценат дека им е поисплатливо одредени стоки и услуги, кои дотогаш ги купувале од земји надвор од еврозоната или надвор од земјите чии валути се врзани за еврото, да почнат да ги купуваат од еврозоната или од оние земји чии валути се врзани за еврото. Дополнително, можно е и извесно зголемување на пазарниот удел на нашиот извоз во земјите со кои надворешнотрговската размена е во долари, поради зголемената конкурентност”, вели Богов. Анализирајќи ги статистичките податоци за
увоз и извоз на земјата, повеќе компании ќе загубат од растот на доларот, бидејќи земјава повеќе увезува одошто извезува во долари. Меѓу 25-30% од увозот на Македонија е од Русија, САД, Бразил, Украина, Кина и уште неколку земји со кои тргуваме во долари. Кај извозот пак, најголем дел, или над 60% е насочен кон земјите од ЕУ, така што од растот на доларот во однос на еврото не се очекуваат позначајни ефекти врз економијата. Според проценките, само околу 15% од извозот во странство се наплатува во долари, главно во Русија и земјите од источниот блок.
Не е еврото толку слабо колку што е доларот јак
Американската економија забележува рекордни резултати во последните 15 години и со тоа доларот дополнително му врши притисок на еврото. Стапката на невработеност во САД во декември се намали на 5,6%, што е најниско ниво во последните шест и пол години. Според податоците на американското Министерство за трговија, во САД во декември се отворени 252.000 нови работни места, кои помогнаа во намалувањето на стапката на невработеност за 0,2 процентни поени во однос на ноември. Тоа е стапка на невработеност која е значително пониска од стапката на невработеност од 6,7% од декември 2013 година и стапката од 10% во
екот на финансиската криза во октомври 2009 година. Најголем раст на вработеноста е регистриран во секторот за услуги, рестораните и баровите, но и во градежната индустрија. Во исто време, Европа заостанува. „Проблемите во европската економија не се минато, а нема да завршат ниту во блиска иднина. Економијата на САД се покажува по добро, додека европската каска. Тоа ќе продолжи да го притиска еврото уште некое време“, вели Торстен Слок, главен меѓународен економист на Deutsche bank. Џек Мекинтајр, портфолио менаџер во Brandywine Global проценува дека европската валута ќе продолжи да слабее. Тој смета дека еврото и доларот ќе постигнат паритет што ќе се задржи до крајот на следната година. Засега Федералните резерви на САД продолжуваат по истиот курс и се уште покажуваат трпение пред да донесат одлука да ги зголемат каматите. Меѓутоа, имајќи предвид колку брзо закрепнува американската економија, аналитичарите немаат сомнежи дека зголемувањето на каматите ќе се случи годинава. „Зголемувањето на каматите годинава продолжува да биде основното американско сценарио“, посочија аналитичарите на Barclays Research по објавувањето на одлуката на ЕЦБ да пушта месечно по 60 милијарди евра пари во оптек. nnn
1. Zagreb, 2014
3. Saraevo, 2014
4. Belgrad, 2015 hotel Crown Plaza 18 -19. juni
Поврзуваме бизнисмени, медиуми, информации и можности во повеќе од 6 држави
5. Skopje, 2015
hotel Aleksandar Palace 26. - 27. mart
2. Budva, 2014
Prijateli na Biznis Plus:
6. Istanbul, esen 2015
Повеќе на регионалниот деловен портал www.biznis-plus.com
Интегрален кекс
www.kapital.mk
Капитал број 796 30.01.2015
18
анализа Ангела Меркел канцелар на Германија
Ш
то и да прави ЕЦБ, не треба да се занемари фактот дека импулсите за реалниот раст мора да дојдат од условите кои ќе ги постават политичарите. Потегот на ЕЦБ не ослободува европските политичари од одговорноста да ги реформираат економиите.
60
милијарди евра нови пари ќе пушта ЕЦБ во еврозоната секој месец од март годинава до септември 2016 година
Што може да се очекува по историската одлука на ЕЦБ ?
Евтини пари и слаба валута- рецепт за поголем раст или очаен потег за спас
Министрите за финансии на земјите од еврозоната донесоа историска одлука -Европската централна банка (ЕЦБ) да ја стартува програмата наречена квантитативно олеснување, која подразбира дека ќе почне со масовно купување на обврзници со цел да пушти поголема сума на пари во оптек. Ова е за прв пат по воведувањето на еврото, ЕЦБ да испорача ваков потег и подготвеност да се брани еврозоната. Капитал анализира какви ќе бидат ефектите од овој потег за европската економија?
www.kapital.mk
Капитал број 796 30.01.2015
19 Нуриел Рубини американски економист
П
рограмата за квантитативно олеснување нема да биде доволна.Ризикот од дефлација и понатаму останува. Проблемот во Европа е агрегатната побарувачка и затоа се потребни не само монетарни, туку и фискални поттикнувања за заживување на економијата.
Џорџ Сорос
Аксел Вебер
Сорос Фонд Менаџмент
претседател на UBS и поранешен претседател на Бундесбанка.
М
ерката за квантитативно олеснување на ЕЦБ може да има несакани последици за пазарот и да создаде меури. Оваа мерка може да го зголеми јазот помеѓу богатите и сиромашните во ЕУ. Не е паметно да се потпирате само на монетарната политика. Ако има баланс помеѓу фискалната и монетарната политика резултатите може да бидат многу поголеми.
пишува:
Биљана Здравковска Стојчевска
M biljana.zdravkovska@kapital.mk
Министрите за финансии на земјите од еврозоната на состанокот во четвртокот минатата недела донесоа историска одлука -Европската централна банка (ЕЦБ) да ја стартува програмата наречена квантитативно олеснување, која подразбира дека ќе почне со масовно купување на обврзници со цел да пушти поголема сума на пари во оптек. Ова е за прв пат по воведувањето на еврото, ЕЦБ да испорача ваков потег и подготвеност да се брани еврозоната. Некое експерти излегоа со критики дека овој поетг е очајнички потег на ЕЦБ да ја спасува еврозоната и дека само тој како таков нема да ги даде осакуваните ефекти. Други пак економски аналитичари сметаат дека ова е потребен потег, но тој се носи многу доцна и дека ЕЦБ требало да покаже ваква подготвеност уште пред неколку години кога почна економската криза. Една недела по оваа одлука на ЕЦБ курсот евро долар достигна 1,12 евра за еден долар, што е најниска вредност на еврото во однос
на доларот во изминатите 11 години. Сите прогнози се дека и покрај одлуката на ЕЦБ да вбризга во економиите на еврозоната околу 1.000 милијарди евра, еврото ќе продолжи и понатаму да паѓа во однос на доларот, франакот и другите валути. Квантитативното олеснување се објаснува како неопходен потег бидејќи еврозоната ја заврши минатата година со негативна инфлација и влезе во зона на дефлација, што се смета за многу опасна за економијата. За да ја зголеми инфлацијата ЕЦБ сега ќе ја зголеми количината на пари во оптек. Тоа ќе значи повеќе и поевтини кредити за компаниите и домаќинствата во земјите од еврозоната. Со зголемувањето на количината на пари во оптек ЕЦБ ќе влијае вредноста на еврото да продолжи да се намалува во однос на другите валути, како на пример доларот, фунтата, јуанот... Очекувањата се дека овој потег на евтини пари и слаба валута ќе успее да ја заживее економијата во еврозоната која сега не покажува такви сигнали. Капитал анализира какви ќе бидат ефектите од овој потег за европската економија и дали и икако македонската економија ќе биде погодена од овие политики?
Европските бизнисмени се радуваат на падот на еврото По одлуката на ЕЦБ, европските извозници беа меѓу првите кои јавно го поздравуваат намалувањето на вредноста на еврото, бидејќи поевтиното евро го прави европскиот извоз
E
врозоната мора да продолжи да работи на поголема интеграција и да испораќа политики на реформи. Ако тоа не се случи, проектот за единствена валута евра, кој досега донесе.
поатрактивен на странските пазари. Поголем дел од европските бизнисмени го поздравуваат чекорот на Европската централна банка (ЕЦБ) да ја зголеми количината на пари во оптек со цел да го зголеми кредитирањето и потрошувачката. Како и што се проценуваше овој потег на ЕЦБ веќе влијае врз намалување на вредноста на еврото во однос на другите валути, како доларот, франакот, јуанот, што за европските бизнисмени е добро бидејќи ќе го поевтини европскиот извоз “Ова е чекор во вистински правец. Сега треба да чекаме и да видиме како овој потег ќе делува”, вели Џое Хименес, извршен директор на швајцарската фармацевтска компанија Новартис. “Ова е еден дополнителен чекор кој ќе и помогне на Европа да излезе од слабиот раст, и да тргне кон повисок економски раст, нешто слично како што се случуваше и во САД. Мислам дека тоа ќе функционира и тука”, вели Хименез. По одлуката на ЕЦБ трошоците за задолжување на европските влади паднаа на рекордно ниско ниво, еврото ослабе и вредноста на европските акции се зголеми. Инфлацијата во еврозоната се намалува во текот на целата изминатата година, а во декември минатата година беше негативна, што е далеку под нивото кое ЕЦБ го проектираше од околу 2%, што предизвика стравови дека европската економија може да навлезе во дефлаторна спирала по пример на јапонската
економија. Руперт Штадлер, претседател на германскиот автомобилски гигант Ауди го поздрави падот на вредноста на еврото, бидејќи како што рече “тоа ќе го направи германскиот извоз поконкурентен, а инвестициите во САД поевтини”. “Ова е голема можност за Ауди да расте во САД, и со сегашниот курс евро долар тоа е многу полесно”, изјави Штадлер. Квантитативното олеснување е инструмент кој веќе го користеше САД за да ја заживее економијата во изминатите пет години, а откако економијата почна да заживува тој беше прекинат во октомври минатата година. Ваков начин на поттикнување на домашната економијата и борба со ниската инфлација спроведува и Јапонија, каде економијата влезе во опасна дефлаторна спирала.
Што велат светските економски експерти?
Но, дали овој инструмент ќе има ефекти? Проблемот сега е што инвеститорите се помалку веруваат во еврото, односно се помалку веруваат дека европските власти имаат идеја како ја поттикнат економијата која тоне во дефлација. Повеќе светски реномирани експерти се на ставот дека само квантитативното олеснување нема да ја заврши работата и да ги надмине структурните економски пречки со кои се соочува европската економија. Тие сметаат еврото е пред се одраз на економијата во еврозоната. Ако економијата
www.kapital.mk
Капитал број 796 30.01.2015
20
анализа
Што направи Марио Драги? XX Над 1.000 милијарда евра нови пари
Европската централна банка ќе печати нови 60 милијарди евра месечно кои ќе ги вбризгува во економијата откупувајќи европски обврзници. Оваа програма стартува во март и ќе трае до септември 2016 година, а ако треба и подолго. Тоа значи вкупно над 1,1 милијарди евра нови пари во економиите во еврозоната
XX Грчки обврзници нема да се откупуваат
ЕЦБ не сака да откупи повеќе од 33% од сите обврзници издадени од една земја. Тоа правило, барем засега, ја исклучува Грција од оваа шема на откуп на обврзници, бидејќи ЕЦБ веќе има откупено повеќе обврзници од Грција како дел од пакетот помош што го доби земјата за
XX Откуп на државни обврзници
Државните обвзници со инвестициски рејтинг се главен таргет на ЕЦБ, но исто така ќе бидат откупувани и други должнички хартии од вредност со цел да се намалат
е слаба, не може да се очекува дека еврото како валута да има вредност. Дали и кога програмата за квантитативно олеснување ќе влијае врз еврото и европските економии и дали ќе ги даде очекуваните резултати е тешко да се предвиди. “Што и да прави ЕЦБ, не треба да се занемари фактот дека импулсите за реалниот раст мора да дојдат од условите кои ќе ги постават политичарите. Потегот на ЕЦБ не ослободува европските политичари од одговорноста да ги реформираат економиите”, изјави Ангела Меркел по одлуката на Европската централна банка да отпочне со масивната програма на откуп на обврзници од земјите членки на еврозоната со цел да обезбеди поголема ликвидност во економиите. Меркел смета дека поголоемата ликвидност во економиите нема да го реши проблемот со слабиот раст, бидејќи на пазарите веќе има голема ликвидност и затоа ги предуреди земјите од еврозоната дека мора да останат на патот на реформите. И американскиот економист Нуриел Рубини смета дека само програмата за квантитативно олеснување нема да биде доволна. ”Ризикот од дефлација и понатаму останува. Проблемот во Европа е агрегатната побарувачка и затоа се потребни не само монетарни, туку и фискални поттикнувања за заживување на економијата”, вели Рубини. Според Џорџ Сорос,
каматите за компаниите. На пример, 12% од обврзниците ќе бидат обвзници кои се издадени од пан-Европски институции. Како и да е тоа не значи дека ќе се купуваат корпоративни обврзници или другу обврзници со низок неинвестициски рејтинг.
Џое Хименес
изврен диркетор на Новартис
О
ва е чекор во вистински правец и дополнителен чекор кој ќе и помогне на Европа да излезе од слабиот раст, и да тргне кон повисок економски раст, нешто слично како што се случуваше и во САД. Мислам дека тоа ќе функционира и тука.
Руперт Штадлер претседател на Ауди
П
адот на вредноста на еврото ќе го направи германскиот извоз поконкурентен, а инвестициите во САД поевтини. Ова е голема можност за Ауди да расте во САД, и со сегашниот курс евро долар тоа е многу полесно. претседател на Сорос Фонд Менаџмент мерката за квантитативно олеснување на ЕЦБ може да има несакани последици за пазарот и да создаде меури. “Оваа мерка може да го зголеми јазот помеѓу богатите и сиромашните во ЕУ. Не е паметно да се потпирате само на монетарната политика. Ако има баланс помеѓу фискалната и монетарната политика резултатите може да бидат многу поголеми”, вели Сорос. За Аксел Вебер, претседател на UBS и поранешен претседател на германската Бундесбанка она што сега Марио Драги го прави е купување на повеќе време за европските влади да отпочнат со вистинските економски реформи. “Економскиот раст нема да
се случи преку ноќ и може да бидат потребни години за инфлацијата да се врати на таргетираните 2%. Но, без реформи во Франција, Италија и другите земји и без фискални поттикнување од страна на националните земји, квантитативното олеснување нема да ја врати европската економија во живот”, смета Вебер. Според него, еврозоната мора да продолжи да работи на поголема интеграција и да испораќа политики на реформи. “Ако тоа не се случи, проектот за единствена валута евра, кој досега донесе многу позитивни ефекти, ќе биде многу тешко да се управува”, предупредува Вебер. За Џорџ Озборн, министер за финансии на Велика Британија потегот на Марио
Драги е повеќе од потребен. “Потегот на ЕЦБ е посакуван и потребен, но не е доволен за опоравување на европската економија. Очекуваме овој потег да биде следен со јасни планови кои европскиот континент ќе го направат поконкурентен и ќе го вратат бизнисот во Европа.
Европската економија заглавена во тешки проблеми
“Програма за вбризгување ликвидност на ЕЦБ би требало да ја дестимулира дефлацијата и да го стимулира растот со тоа што ќе ги поттикне инвеститорите да вложуваат во проекти и финансиска актива со поголем очекуван принос, којшто проекти и актива истовремено се и поризични. Дали тоа навистина ќе се случи зависи од многу фактори, вклучувајќи го и финансискиот обем на програмата. Во секој случај, сите релевантни одлучувачи се согласни дека посебната програма за вбризгување ликвидност на ЕЦБ не треба ги засени напорите на државите од eврозоната за спроведување на структурни реформи, главно во фискалната политика и конкурентноста, но и во други области”, смета гувернерот на Банка на Македонија, Димитар Богов. Дали и кога програмата за квантитативно олеснување ќе влијае врз еврото и европските економии и дали ќе ги даде очекуваните резултати е тешко да се предвиди. Знаците на заздравување на еврозоната се уште изостануваат, па дури и спротивно на тоа,
www.kapital.mk
21 да не банкротира. Второто правило е дека ЕЦБ ќе откупува само обврзници со инвестициски рејтинг, за да го намали ризикот, што повторно ја исфрла Грција од игра. Но, тоа е така засега. Ако рејтинг агенциите и го зголемат рејтингот на Грција, таа повторно ќе добие дозвола да се задолжува
XX Нема заедничка поделба на ризикот
Централната банка на секоја земја во еврозоната ќе биде одговорна и ќе дефлациските тенденции покажуваат дека таа е се уште под голем ризик од нова рецесија. Од друга страна, тенденциите на заздравување на економијата на САД се многу појасни и поизвесни, поради што доларот зајакнува. Дополнителен фактор за јачината на доларот е ниската цена на нафтата, која е инверзно поврзана со вредноста на доларот. Целиот овој контекст го доведе еврото во лоша позиција. Дали трендот на паѓање на еврото ќе се промени и со која големина, во моментот најмногу зависи од квантитативното олеснување што се очекува од Европската централна банка, како потег со кој ќе се вбризгаат свежи пари во
го превземе ризикот за обврзниците кои ќе бидат купени од државата. Ако некоја држава банкротира, тогаш националната централна банка ќе биде одговорна да ги поднесе загубите од тие обврзници. За пан-Европските институции, ризикот ќе го превзема ЕЦБ. Значи за 80% од издадените обврзници кои ќе ги купи ЕЦБ, ќе бидат одговорност на националните влади, а само 20% од одговорноста ќе падне на ЕЦБ. За каква заедничка поделба на ризиците тогаш станува збор?
економијата. Но, кога се предвидуваат движењата на финансиските и девизните пазари не треба да се заборави големиот геополитички ризик сврзан со односот на Западот со Русија, конфликтот во Украина, како и случувањата со цената на нафтата, заради што секоја подетална проекција за случувањата со девизните курсеви, па макар и на краток рок, се сведува на шпекулација. Реалноста е дека европската економија е заглавена во тешки проблеми. Невработеноста е голема, економскиот раст е слаб, а инфлацијата е опасно ниска. Ниската инфлација или дефлација во пракса значи дека потрошувачите ќе ги одложуваат сите нивни
трошења, а компаниите нивните инвестиции, а тоа уште повеќе ќе ја урне економијата. Дека не е така лесно да се излезе од оваа волшебна спирала на дефлација пример е Јапонија која веќе двце декади се бори со истите иснтрументи за да ја зголеми инфлацијата, но не успева. Во такви услови централните банки прво што прават е поевтинување на парите со цел да поттикнат фирмите и граѓаните повеќе да земаат кредити и да трошат. Но, ЕЦБ веќе ги намали каматите на рекордно ниски 0,05% и воведе негативни каматни стапи на чувањето на парите во банка во вид на депозити. ЕЦБ веќе им даде можност на европските банки да се задолжуваат
со евтини кредити на долг рок, но побарувачката на банките остана слаба. И сега квантитативното олеснување се наметнува како логичен чекор кој следи и кој се докажал дека дава резултати. Но, најголемите ризици дали овој потег ќе ги даде очекуваните резултати или не се од политичка природа. Откупот на должнички хартии од вредност кое ќе го прави ЕЦБ со цел да обезбеди поголема ликвидност во еврозоната поттикнува стравови во побогатите европски земји како Германија, Норвешка..дека тие ќе треба да ги плаќаат долговите на послабите европски земји. Тоа може дополнително да ја ослабне поддршката за поголема евроинтеграција.
www.kapital.mk
Капитал број 796 30.01.2015
22
патот напред
Фајл: Грција. Тема: Алексис Ципрас. Епилог: Европа пред "експлозија"!?
Љупчо Зиков
П ljupco.zikov@kapital.mk http://www.facebook.com/ljupco.zikov
Победата на СИРИЗА во Грција, има две големи поенти: Прво, грчкиот народ искажа политичка волја енергично да се пресмета со корупцијата во грчкото општетсво кај двете монополски политички елити и олигархиски семејства кои повеќе од 40 години владееја со Грција - Неа Демократија и ПАСОК и ја донесоа земјата до точката до која е денес. Земја чии граѓани живеат во должничко ропство, без приходи, 60% од младите се невработени, а невработеноста вкупна изнесува 28%. Второ, Алексис Ципрас и неговата СИРИЗА, победија со неочекувана голема разлика што практично значи дека политиката на штедење наметната од европската тројка меѓународни кредитори е практично поразена. Ципрас најмалку што наметна е веројатноста од тешки преговори чии цели и начин ќе ги наметне Грција. Сега таа ќе се закани дека ќе ја напушти Еврозоната, што може да биде лош пример за другите членки на ЕУ од нејзин ранг. Ова не е многу пријатно сознание во кабинетот на германската канцеларка Ангела Меркел.
„Надежта се враќа„ беше слоганот на Алексис Ципрас на штотуку завршените избори во Грција. Ултралевичарот, или како што неговиот кандидат за министер за финансии ќе рече „либертаријанскиот марксист„ стана премиер. Реторички и метафорички, иако суштински не држи, социјализмот доживеа реинкарнација таму каде најмалку се очекуваше. Во таканаречената колевка на демократијата и антиката ... Грција. Но, секако дека не е така, и дека квалификациите за СИРИЗА како ултралева партија не држат до крај ако подлабоко се анализираат нивните стратегиски цели за тоа што сакаат да направат за својата земја, како тоа ќе го направат и кои се нивните ставови за тоа како грчките граѓани треба да излезат од должничкото ропство и од економската криза? Како грчките компании ќе се соочат со недостатокот на пари и колапсот на индустријата? Дека, победата на Ципрас во Грција, не е само нов почеток за грчкиот народ, туку ќе има и силни последици по Европската унија е повеќе од јасно. Тоа беше јасно уште во моментот кога Ципрас најави дека доколку победи, ќе ги запре преговорите со Тројката- Европската комисија, ММФ и Европската централна банка, и ќе бара нови преговори со Унијата за менаџирање на долгот кој неговата држава го има кон Еврозоната. Тој дури рече дека ќе иницира и европска конференција на која европските лидери ќе треба да разговараат околку новиот начин на враќање на долгот на сите држави од Еврозоната кои се задолжени, а кои исклучуваат било какви преговори со Тројката. За ваквата иницијатива Ципрас веќе доби поддршка од повеќе од земјите кои се задолжени, меѓу кои и Ирска, а медиумите веќе прашуваат дали со победата на Ципрас, доаѓа и крајот на Тројката.
Ципрас ќе става точка на грчката "ноќна мора"!
Историјата сигурно ќе запише дека Алексис Ципрас е првиот европски водач кој на местото премиер е избран поради експлицитното ветување дека ќе ја промени политиката на штедење на ЕУ (најревносна е Германија и канцеларката Ангела Меркел) која е на власт од 2010 година. Забележливо е дека во моментот на европско тло политиката на Ципрас нема многу симпатии, но на американско тло таа наиде на голема подршка. Угледниот Њујорк Тајмс му даваат суптилна подршка на Алексис Ципрас. Неделава овде предничеа ставовите на нобеловецот Пол
Кругман кој со многу знаење и умешност порача дека политиката на СИРИЗА може да биде големиот пресврт во ЕУ. Тој порачува дека Европа мора на Ципрас да му даде шанса да ја заврши долгогодишната „ноќна мора за Грција„. Прашањата за дискусија се: Дали левичарите и социјалистите се единствените што можат да ја извлечат земјата од криза? Дали десничарскиот капитализам ја губи силата? Или само банкарите ја изгубиле контролата врз Владата...?! Грција во 2010 година потпиша договор со ММФ со кој доби заем кој требаше да ја спаси од банкрот!? За возврат на финансискиот план на ММФ, Европската Унија и други меѓународни кредитори, Грција се обврза на аскетизам и болни реформи. Епилог: падна Владата на Андонис Самарс (влада во која на неприроден начин коалицираа Неа Демократија и ПАСОК, партии кои ја донесоа Грција во оваа точка!!??). Сосема природно таа влада ја изгуби довербата кај гласачите. 60% од младите во Грција се невработени, а вкупната невработеност е 28%. Нобеловецот Пол Кругман, во Нујорк Тајмс за договорот меѓу Грција и европската тројка од 2010 година напиша: „Тоа е неверојатен документ во најлоша можна смисла на зборот„ ... Тројката склопена за операции врз Грција, под геслото „практичност и реалистичност„ Грците ги фрли на колена. Тие во последните неколку години скапо ги плаќаа заблудите и на домашните и на европските политички елити. Анализите од денешна перспектива говорат дека во моментот кога Грција го потпиша договорот со ММФ во 2010 година, таа била во длабока рецесија, наспроти проекциите на тој документ дека до 2012 година Грција ќе се опорави. Дури документот предвидувал дека невработеноста до 2012 значително ќе се намали!? Денес е 2015 година, растот во Грција го нема, многу стотици илјади млади луѓе не можат да најдат работа, а приходите на граѓаните се намалиле многукратно, што директно ја намалува потрошувачката, ја зголемува неликвидноста на компаниите, а многу од нив банкротираа. Таа спирала надолу беше предизвикана директно од мерките за штедење на Тројката. Кругман се прашува што е тоа што тргна толку надолу во Грција. Често се говори дека Атина не ги исполнила ветувањата, и не ги намали трошоците. Не е точно!!! Вистината е дека Грција во последните пет години направи страшни резови во јавните
www.kapital.mk
Капитал број 796 30.01.2015
23 Победата на СИРИЗА и Алексис Ципрас е доказ за три работи: Прво. Стратегиска криза во Еврозоната. Недостаток на идеи како ќе се излегува од економската криза во земјите од еврозоната. Второ, слепо држење на досегашните грчки политички елити до корупција и нејасни бизнис-политички врски со европските полови на моќ, во кој однос има се и сешто, што ја прели чашата кај граѓаните. Трето, соочување на грчкото општество со сударот на генерациите. Дојде до судир меѓу традиционалните политички касти (дваесетина фамилии) кои неприродно и нелогично беа предодредени да ја водат Грција, со начинот на размислување на младите луѓе во Грција кои едноставно не сакаат да се исселат од својата татковина. Сега тие ќе го играат сиртакито на големата европска сцена...!? Со доаѓањето на Ципрас на власт, Грција стави крај на двете политички династии, Неа Демократиа и ПАСОК. Четири децении монопол. "Надежта се враќа" е мотото на Алексис Ципрас, новиот грчки премиер, за корупцијата и олигархијата. Пораката до Брисел и ЕУ е: Сега ние наметнуваме преговори. Ако не ви одговара ние си одиме... Има каде!?! служби, укина бројни државни служби, ги укина речиси сите социјални олеснувања, многу субвенции ...Но, ништо од тоа не и помогна на Грција. Прашањето е зошто? Европската Комисија и Европската Централна банка сакаа да веруваат во бајката тврдејки дека уништувањето на работните места и намалувањето на трошоците ќе го потикнат приватниот сектор. Политиката на Тројката не успеја. Пациентот остана во длабока кома, на инфузија, и на апарати. Во Грција го бараа невозможното...!? Политиката на Брисел и Берлин, како и донекаде на ММФ, не беше реална. Ќе остане забележано дека ММФ нема ниту еден историски пример сличен на Грција, во кој, со намера да се отплатуваат кредити применувајќи политика на штедење, државата поминала без голем долг и инфлација ...!? Невозможно. Зошто Тројката не реагираше во 2012 година на отсуството на резултати од политиката на штедење, а продолжи да ја условува Грција дека за кредити ќе треба да продолжи драстично да ја намува потрошувачката ... Тоа е можеби тема за друга, исто така многу длабока анализа, која можеби ќе се отвори сега откако двете монополски партии Неа Демократија и ПАСОК се надвор од власта, а земјата ја држеа во заложништво цели 40 години и ја доведоа на ова ниво, да биде континуирано нето корисник на кредити во спрега со моќни финансиски лобија во Европа и пошироко... Многу релации сега ќе излезат на виделина ... И можеби затоа веќе во ЕУ се појавија првите силни и сериозни отпори од страна на врвни политички елити.
ЕУ го изгуби кредибилитетот...!?
Перцепцијата кај независните аналитичари и познавачи на состојбите во Грција во ЕУ и во САД е дека сега кога во Атина дојде до радикална промена на лидерството и администрацијата, на европските
бирократи во Брисел, а особено во Берлин ќе им биде советувано да ги прескокнат лекциите барајќи од Ципрас одговорност и продолжување на договорените реформи. Факт е дека ЕУ на тлото на Грција го изгуби кредибилитетот, а политиките на Брисел во оваа земја се поразени. Затоа што програмата и терапијата што и беше наметната на Грција практично ја губеше секојдневно својата смисла. Можеби звуши претенциозно, но сега практично најголемиот проблем во Грција може да биде тоа што СИРИЗА соочена со многу силни политички притисоци од надвор (Брисел и Берлин), може да ја затупи острицата, и да не биде доволно радикална во намерата да го смени „бизнис моделот„ на својата земја, со стратешкиот проект да го напушти штедењето како основно сидро на реформите и враќањето на долгот. Но, проценките се дека ослободувањето на долгот и намалувањето на штедењето можеби нема да бидат доволни за излегување од кризата!? Во овој дел потполно е нејасно што може грчката Влада да направи освен да го напушти еврото, на што, според анализите, грчките граѓани во моментов не се подготвени. Нобеловецот Кругман сугерира заклучок дека Ципрас, барајќи ја промената, е многу пореален од европската политичка елита предводена од Ангела Меркел, која всушност бара од Атина агонијата да продолжи. Затоа, "остатокот од Европа мора на Ципрас да му даде шанса да ја заврши ноќната мора на својата држава", порачува Кругман. Врвните економски аналитичари порачуваат дека победата на СИРИЗА на изборите во Грција претставува отфрлање на народот на строгите мерки за штедење. И тоа треба да се почитува. Анализите одат во правец на тоа дека граѓаните, особено средната класа во Грција, конечно го изгуби трпението и енергично ја отфрли политиката на строги мерки за штедење. Граѓаните го поразија нејасниот
десничар Самарас, а му отворија порта на младиот и храбар левичар Ципрас. Јасниот заклучок е дека минатото повеќе не може да биде показател за иднината, барем не во случајот на Грција, а можеби ниту во другите делови на Европската Унија, што ќе се потврди во блиската иднина... !? Прашањето за Грција и за Европа е што ќе се случува сега откако се е завршено и Ципрас стана премиер? Никој во ЕУ и во Грција се уште не прозборел на оваа тема, освен што Ципрас го претстави „командосот„ на местото министер за финансии, школуван на врвните универзитети во САД и енергичен противник на политиката на штедење на Европската Унија. Можеби главното прашање ќе биде, дали новата Влада во Атина и меѓународните експерти можат да најдат заеднички интерес за договор што ќе ги задоволи и Грците и Еврозоната, посебно Германија. А при тоа, таквиот договор, да не предизвика домино ефект во пошироката зона на еврото, и практично сите земји да го побараат истото решение за своите проблеми...!? Ваквите решенија најмногу ќе зависат од волјата на Германија, која и понатаму инсистира на мерките на штедење, строга фискална дисциплина, и која практички можеби е и клучниот фактор за политичка дестабилизација на Грција. Клучна е германската канцеларка Ангела Меркел. Таа полека се соочува со непријатниот факт дека ако во Грција и остатокот од еврозоната не дојде до зголемување на потрошувачката, цела Европа во блиска иднина ќе се соочи со истата дисторзија со која сега се соочува Грција. Оттука, перцепцијата е дека "новиот почеток не и потребен само на Грција, туку на целата еврозона. Време е северот да почне да ги слуша и сериозно да ги земе во предвид пораките кои стигаат од југот. nnn
Капитал број 796 30.01.2015
24
www.kapital.mk
интервју
Роберт Береш маркет менаџер на Империал Тобако за Јужен Балкан
Лојалноста на потрошувачите за нас е императив. Пример за тоа е нашиот бренд Родео. Годинава одбележуваме значаен јубилеј на македонскиот пазар, а тоа е 15 години на Родео, бр.1 и најпродаван бренд цигари во земјава.
Лидерската по на пазарот е ус но и одговорно
www.kapital.mk
озиција спех, ост
Капитал број 796 30.01.2015
интервју
25
Роберт Береш е неколку месеци на челната позиција на Империал Тобако за Јужен Балкан, најголемиот производител на цигари во земјава, компанија која остварува преку 55 милиони евра приходи годишно. Разговаравме со него за тоа каков предизвик е задржувањето на лидерската позиција на пазарот, кои се актуелните новитети во нивното производство, придонесот на компанијата во македонската економија, како и плановите за иден развој.
Г
XX Г-не Береш, како ја оценувате минатата година во поглед на остварените резултати и реализирање на зацртаните цели на Империал Тобако во Македонија?
Како една од 4-те најголеми тутунски компании во светот ние сме горди на нашите успеси и резултати во Македонија. Сметам дека Империал Тобако во Македонија има направено многу во изминатава деценија и сосема заслужено е бр.1 тутунска компанија на пазарот. Особено е значајно да потенцираме дека нашите резултати сиве овие години се плод на взаемната изградена доверба со нашите потрошувачи. Ние сме интернационална компанија со препознатливи брендови и карактеристики , а македонските потрошувачи јасно го дефинираа нашето место на пазарот и тоа за нас е од клучно значење. Што се однесува до нашите цели и резултати за 2014 година , да, тие се целосно остварени , а ние остануваме посветени на довербата и резултатите и во оваа, 2015 година.
XX Колкав е уделот на брендовите на Империал Тобако на македонскиот пазар и кој од тие брендови се произведуваат во Македонија ?
Според интерните компаниски податоци , уделот на нашите брендови на македонскиот пазар е нешто помал од 70%. Овие резултати се потврда на позицијата бр.1 на Империал Тобако на македонскиот пазар но истовремено
Во Македонија во 2014 година произведовме околу пет милијарди цигари. Околу 40% од производство минатата година беше наменето за извоз. претставуваат голема обврска и одговорност за нашиот тим. Во бизнисот најголем предизвик е да останете на врвот и затоа ние посветено работиме да продолжиме да ја потврдуваме довербата на нашите потрошувачи. Нивната лојалност за нас е императив. Пример за тоа е нашиот бренд Родео.
www.kapital.mk
Капитал број 796 30.01.2015
26
интервју
Годинава одбележуваме значаен јубилеј на македонскиот пазар, а тоа е 15 години на Родео, бр.1 и најпродаван бренд цигари во земјава. Што се однесува до македонското производство, горди сме што значаен дел од нашите брендови се произведуваат во Македонија: Rodeo, Boss, Classic, F-57, Vardar, West, Style и P&S. Се разбира тука се и нашите увезени премиум брендови Gauloises и Davidoff кои имаат своја приказна во Македонија. XX Колкaво е вкупното производство на Империал Тобако во Македонија и колкав процент од тоа се извезува?
Рангирањето на Империал Тобако во македонскиот бизнис меѓу ТОП 15 најголеми и најуспешни компании, а истовремено и меѓу најголемите извозници е само потврда за нашата значајна улога и би рекол придонес во македонската економија. Нашето производство во Македонија во 2014 година изнесува околу пет милијарди цигари . Околу 40% од производство минатата година беше наменето за извоз, а останатите 60% од производството беа наменети за македонскиот пазар. Во делот на извозот е особено значајно да потенцираме дека Империал Тобако од Македонија извезува на седум пазари во регионот меѓу кои две земји членки на ЕУ: Хрватска и Словенија како, и земјите членки на ЦЕФТА: Србија, Косово, Албанија, Босна и Херцеговина и Црна Гора.
XX Колку ненајавената одлука на Владата да ја зголеми акцизата за цигарите од 1 јануари ќе има последици врз продажбата на цигарите? Каква стратегија подготвува компанијата во пресрет на поскапувањата што ќе следат и понатаму согласно календарот за покачување на акцизата?
Како најголемата тутунска компанија на македонскиот пазар и оттаму голем чинител во прашањата поврзани со акцизата, ги разбираме целите кои се поставени за зголемување на државните приходи за буџетот доколку
тоа не влијае врз пазарот на платени даноци на значајно негативен начин; тоа е трошок врз сите пушачи на сличен и фер начин и не ја нарушува конкурентната ситуација на македонскиот пазар за тутун. Сепак, меѓународното искуство покажува дека острото покачување на цените додека истовремено се одржува приходот на исто ниво доведува до развој на нелегалниот пазар, намалување во легалната индустрија и намалување на даночните приходи во буџетот. XX Надоврзано на ова: како ја коментирате генерално бизнис климата во Македонија? Сведоци сме дека регулатива се почесто се донесува по скратена постапка, без претходна дебата на засегнатите страни и сл. Како сето ова влијае врз работењето конкретно на Империал Тобако?
Како меѓународна компанија присутна во Македонија повеќе од една деценија, секогаш ќе поддржуваме транспарентни политики за подобрување на бизнис климата. Тоа за нас значи подобри услови за бизнис. Од она што можам да го заклучам по неколку месеци престој во Македонија, овде има напредок во развојот и унапредување на бизнис климата, но се разбира секогаш може повеќе и подобро. Ние како компанија сме директно вклучени во работењето на Советот за странски инвеститори во Македонија и сите наши сугестии и ставови ги изнесуваме отворено во овој совет и во Стопанската Комора на Македонија. Во некои области од регулативата има значајни резултати. Се разбира очекуваме и се надеваме на уште поголема транспарентност во креирањето на бизнис регулативата, бидејќи тоа е обостран интерес за бизнисот и државата. XX Колкави се досегашните инвестиции на Империал Тобако во Македонија? Како дел од една голема меѓународна корпорација, во колкав обем се запазени стандардите на компанијата - мајка
во нејзината македонска подружница?
Империал Тобако е една од интернационалните компаниите со најдолг стаж на странски инвеститор во Македонија, повеќе од една деценија. Во нашето производство и бизнис во Македонија ние имаме инвестирано околу 30 милиони евра. Најголемиот дел од овие инвестиции се во технологија, стандарди и луѓе. Нашето производство во Македонија денес е на технолошко ниво на производството во Германија, и тоа е најголемиот доказ за нашиот сериозен пристап во бизнисот во Македонија. XX Колку македонски тутун купува Империал Тобако просечно изминативе години од Македонија ?
Ова е едно клучните прашања кога зборуваме за нашиот придонес и значењето на нашата компанија за македонската економија генерално . Македонија е земја на тутунот и тутунската индустријата има огромен придонес во економијата на земјата. Тоа мора да се земе предвид . Империал Тобако во просек купува околу 3.000 тони ориентален тутун годишно од Македонија за потребите на групацијата. Значи, освен производството и извозот, ние традиционално како компанија купуваме и ориентален тутун произведен во Македонија. XX Тутунската индустрија генерално има не баш позитивен имиџ во светската јавност – последниве децении соочена е со силно регулирање, строги ограничувања во дел на маркетингот, дозволени места за пушење и сл. Па, судски процеси што неретко завршуваат на штета на компаниите, континуирано покачување на акцизите... Како сето тоа се одразува на работењето на Империјал Тобако, следствено и на нејзината македонска подружница? Како тутунските компании се прилагодуваат во околности на сè поотежнати услови за работење?
Ние сме одговорна, легитимна компанија. Ги поддржуваме регулативите за
тутунот кои што се разумни, пропорционални и базирани на докази. Не сакаме да прифатиме регулативи кои се со грешки, неразумни или непропорционални, или регулативи кои не се со законска основа. Веруваме дека одлуката да се ужива во тутунски производи е избор за возрасни. Не сакаме децата да пушат или да користат тутунски производи. Поддржуваме казни за трговци на мало кои продаваат тутунски производи на деца. Го почитуваме нашиот Меѓународен стандард за маркетинг. Исто така, ги поддржуваме владите и малопродажниот тренд со повеќе програми наменети да обесхрабруваат продажба на тутунски производи на деца. XX Колкав е обемот на иновации и новитети во производството на цигари и дали Во Македонија е присустен тој тренд?
Иновативните производи се доказ за развојната компонента на бизнисот. Во нашето портфолио на производи иновациите во производите се секогаш тренд на движење. Во изминатата година, тренд на македонскиот пазар е QS новиот формат на цигара и пакување. Овој сегмент има вистинска експанзија а ние сме веќе присутни со два бренда во истиот (Davidoff и West). Исто така GT –Glide tech е иновација во пакувањето или поконкретно системот на отворање на пакувањето на цигарите, што пак е патент на Империал Тобако и единствена од ваков тип во светот. Ова пакување на нашите производи овозможува отворање на кутијата со една рака. Носител на ова иновативно решение на македонскиот пазар е нашиот најголем интернационален бренд Wеst. Кога зборуваме за новитети во технологијата и стандардите на производство овде сме неприкосновени лидери на македонскиот пазар во делот на нови технолигии и стандарди. Ние особено инвестираме во делот на сузбивање на
www.kapital.mk
Капитал број 796 30.01.2015
интервју
27
GT –Glide tech е иновација на Империал Тобако на светско ниво, која овозможува отворање на кутијата со една рака. Носител на ова иновативно решение на македонскиот пазар е нашиот најголем интернационален бренд Wеst.
нелегалната трговија со тутунски производи што беше значаен дел и од нашата голема инвестиција во Македонија во 2012 година. Тоа е познатиот Track & Trace систем за следливост на тутунски производи кој во Македонија го имплементиравме за првпат во 2012 година. XX Со оглед дека сте повеќекратни добитници на признанија во делот на стандардите безбедност и здравје при работа, како и награди во категоријата најдобри работодавачи, објаснете ни на што се должи тоа? Кои се клучните карактеристики на Империал Тобако како општествено-одговорна компанија во делот на односот кон своите вработени?
Империал Тобако верува дека една од најголемите
и најзначајни вредности во бизнисот се човечките ресурси. Развојот на човечките ресурси во нашата компанија е континуиран, а стандардите за безбедност и здравје при работа и условите за работа се на највисоко ниво. Затоа нашата компанија повеќе години е лидер во практиките и стандардите за безбедност и здравје при работа во Македонија . Добитници сме на повеќе национални признанија и нашиот имиџ останува неприкосновен како еден од најдобрите работодавачи. Особено сме горди на овие признанија и како општествено одговорна компанија остануваме фокусирани пред сè на нашите вработени. XX Каков е вашиот придонес во делот на грижа за пошироката заедница?
Ние сме компанија која своите политики за општествена одговорност ги креира и планира глобално. За таа цел е формирана Фондацијата Алтадис со седиште во Шпанија, која секоја година поддржува различни проекти за придонес и помош во заедницата ширум светот. Ние сме особено задоволни што минатата година во заеднички проект со нашата Фондација Алтадис и невладината организација ЦИРА од Македонија вложивме 25 илјади евра во заедничкиот проект „Градиме подобра иднина„. Овие средства беа наменети за помош на ранлива категорија грагани поранешни штитеници на домот за деца без родители во Скопје,11 Октомври. Тие по својата 18 година и полнолетсво го напуштаат домот и почнуваат
сопствен живот. Во рамки овој проект ние вложивме во реновирање на нивните домови и покукнина со цел да им го олесниме нивниот самостоен живот. Нашите активности за општествена одговорност во Македонија ќе продолжат и оваа година. XX Вие сте неколку месеци официјално на позицијата маркет менаџер на Империал Тобако за Јужен Балкан со седиште во Македонија, кои се вашите впечатоци за земјата генерално?
Впечатоците се прекрасни. Македонија е убава земја иако мислам дека ми е неопходно повеќе слободно време да ја истражам. Луѓето се љубезни, а бидејќи сум Словак не ми е тешко да ги разберам. Тоа е мојата предност. Мислам дека имам уште многу да научам за Македонија .
www.kapital.mk
Капитал број 796 30.01.2015
28
Компании и пазари Монитор каде што може да се види демонстрација на ГПС решенијата на Геонет
Геонет Скопје
ГПС решенија што прават заштеди, но и чуваат животи пишува:
Игор Петровски
igor.petrovski@kapital.mk
Г
еонет е компанија која нешто повеќе од 10 години се обидува да ги доближи високите технологии до компаниите од различни индустрии со една и единствена цел - олеснување и унапредување на нивното секојдневно работење. Решението кое Геонет го нуди на македонскиот пазар, но и и пошироко, еуправување и менаџирање на возниот парк на компаниите со помош на ГПС технологијата. Ова им овозможува на компаниите
Малата технолошка компанија која веќе десетина години нуди ГПС решенија за сите оние што работат со поголеми флоти на возила, сега влегува во нов предизвик: продукти кои што може да ви помогнат да се грижите за стари лица, да знаете каде е вашето дете, домашно милениче, па сè до следење на локацијата на вредни предмети како фрижидери за сладолед или пијалоци, велосипеди, моторцикли... намалување на трошоците преку намалување на злоупотребите при користење и управување со возилата, како и зголемување на
ефикасноста и продуктивноста на компаниите со оптимизација на работењето на возилата. “Во одредени случаи намалувањето
www.kapital.mk
Капитал број 796 30.01.2015
29 Дел од ГПС уредите што Геонет ги користи во своите решенија
на трошоците може да оди и до 40%, а зголемувањето на ефикасноста и до 60%“, вели Тоде Буцевски, генерален директор на Геонет. Бизнис сектори кои што може да ја користат технологијата што ја нуди Геонет се сите оние кај што е вклучена поголема флота на возила: транспорт и логистика, дистрибуција на најразлични производи, автобуски и такси превоз, градежни и рударски машини и опрема, агенции за обезбедување, транспорт на пари и вредности итн. “Она што е карактеристично за нашиот бизнис е специфичниот однос што го градиме со клиентите. Овде не може едноставно само да го продадеш решението, ниту да го нудиш на вообичаен начин. Нашите клиенти прво мора да се запознаат со самиот продукт, да почувствуваат како тој работи, какви придобивки им носи, па потоа седнуваме и разговараме за евентуална соработка“, објаснува Буцевски
Развојот на софтверот како предизвик
Во Геонет изминатиов период беа фокусирани и на една нова можност за развој на нивниот бизнис, а тоа е проширувањето на обемот во кои што може да ги нудат своите решенија. Со помош на поддршката од инвестицискиот фонд, Micro Investment Fund (MIF), инаку финансиран од страна на УСАИД, компанијата работеше на доближување и искористување на предностите на ГПС технологијата, но не само за потребите на компаниите туку и за најразлични потреби на граѓаните – од типот на следење на на состојбата и локацијата на стари и изнемоштени лица, пациенти, деца, миленичиња, други животни, потоа за заштита на останатите вредни предмети кои се оставаат на отворено како велосипеди, мотори, мопеди, кафемати,
Тоде Буцевски
вели генералниот директор на Геонет,
О
ва не е производ или услуга што еднократно им се продава на клиентите – ние мора да следиме како растат и се развиваат нивните потреби
фрижидери, приколки, чамци, и сл. “Нам ни требаше поголемо инвестирање во развој на овој сегмент, и затоа е соработката со MIF. Инаку, нашиот систем работи во два сегменти: опрема што се инсталира во самите возила или предмети и софтверот што корисниците го користат при интеракција со тоа што се наоѓа од другата страна. Оваа платформа може да се користи од било кој уред на корисникот што е врзан со интернет: компјутер, таблет, телефон“, вели нашиот соговорник. Она што било клучен предизвик при развојот на овој нов сегмент од нивниот бизнис е наоѓањето на квалитетен харвдер, што според Буцевски не е баш едноставно. Хардверските компоненти мора добро да се проучат и тестираат претходно. А, второ, развојот на софтверот е исто така предизвик, затоа што тој не е ист како во случајот со технологијата за следење на возила. “Ако, да речеме, уредот го носи старо лице, и ако случајно падне, му се слоши и сл., самиот уред има сензор што го детектира падот и го алармира тој што е претходно определен за тоа – роднина, медицински лица, агенција за обезбедување, итн. Сите области што може да ги покрие оваа технологија си имаат своја специфика, а ние сето тоа треба да го истестираме“, објаснува тој.
За брзо време и со нова понуда на пазарот
Во моментов во Геонет се во завршна фаза на тестирање на новите можности
со ГПС технологијата, заедно со компаниите и институциите што први би можеле да бидат корисници на уредите. За кусо време би требало да се случи и комерцијализацијата на решенијата, односно нивната понуда на пазарот, при што ќе може да допрат до поширока база на корисници, не само компании, туку и физички лица, поединци. Тоде Буцевски, за себе вели дека уште од самите почетоци на својата професионална кариера е во светот на телекомуникациите. Претходно работел во, на времето, голема компанија што нудеше своевремено револуционерни телеком продукти и услуги, но кога тој бизнис почна да замира, Буцевски решил да се обиде во друг сегмент, ГПС технологијата. Идејата ја носел во глава уште од деновите кога се школувал во Лондон, па кога се вратил во земјава, го отворил стартапот Геонет. “Почеток како и секој, тежок, одевме од врата до врата, што се вели, да ги претставиме нашите идеи, да објасниме што можеме да направиме за клиентите и зошто е тоа добро за нив. Како и за секој стартап, парите на почеток се проблем, банките никаде во светот не поддржуваат стартапи, па се снаоѓавме како знаевме и умеевме. Сега сме десетина вработени, по потреба ангажираме и дополнителен кадар во периоди кога имаме поголеми инсталации и сл., а сега со новата понуда што ја спремаме, ќе имаме потреба најверојатно уште од неколкумина вработени, вели директорот на Геонет. nnn
www.kapital.mk
Капитал број 796 30.01.2015
30
Балкан Бизнис и Политика Хрвоје Филиповиќ
Џон Караваниќ директор на Tankerska Next Generation
Н
ашиот бизнис е бродскиот превоз на нафтени деривати, а заради тоа што цените на бродовите се околу 40% под цената од пред кризата, со свежиот прибран капитал планираме да набавиме неколку нови за нашата флота.
сопственик на Granolio
257
милијарди долари се прибрани преку ИПО-а во светот во 2014
С
о парите од ИПО-то, нешто над 12 милион евра, ќе вратиме дел од главницата на краткорочниот кредит што го зедовме за го купиме мелничарскиот дел од бизнисот на Belje и PIK Vinkovci, компании инаку во сопственост на концернот Agrokor.
Рецесија, рецесија, е па што...
Хрватски фирми прибираат капитал преку берза Иако хрватската економија повеќе од 6 години е во рецесија, нагонот на тамошните фирми да го финансираат својот развој преку нови емисии на акции, т.н. initial public offerings –ИПО не е замрен. Две компании само во последниве два месеци објавија дека на овој алтернативен начин ќе прибираат свеж капитал.
www.kapital.mk
Капитал број 796 30.01.2015
31 2014-та рекордна за ИПО-а во светот
М
50% е поголема вредноста на ИПО-а во 2014
инатата година на светско ниво беше многу плодна што се однесува до иницијалните јавни понуди на акции. Анализата на Ernst & Young вели дека лани во светот биле направени 1.206 ИПО-а, за 35% повеќе во однос на 2013 година, со што бил прибран свеж капитал од 257 милијарди долари, за дури 50% повеќе од претходната година. Тоа е највисоко ниво на ИПО-а од 2010 година наваму. Во Е&Y ова го објаснуваат со
тоа што повратената доверба на инвеститорите и акциите преземени од централните банки ширум светот, го поттикнаа растот на берзите. Комбинацијата од ниска нестабилност на пазарите на капитал, солиден раст на корпоративните профити и недостиг на алтернативни инвестициски можности, беше совршената комбинација што предизвика зголемен интерес за вложувања во акции, односно во нивни нови емисии.
Tankerska Next Generation
Ganolio
l Задар
12
милиони евра прибра производителот на Зденка преку ИПО во декември лани
милиони евра планира да прибере преку ИПО наскоро
M Игор Петровски
igor.petrovksi@kapital.mk
Минатата недела во Загреб на инвеститорите им беше претставена иницијалната јавна понуда на акции (Initial Public Offering - ИПО) на бродската компанија Tankerska Next Generation, што е втора иницијална понуда на акции од некое друштво во Хрватска од почетокот на кризата пред седум години. Tankerska Next Generation (TNG) e компанија ќерка на фирмата Tankerska plovidba од Задар, најголемиот хрватски бродар, а со понудата сакаат да приберат околу 35 милиони евра нов капитал. TNG има намера своите акции да ги воведе
пораснал бројот на ИПО-а во светот во 2014
l Загреб
35 пишува:
35%
на Службениот пазар на Загрепската берза. Капиталот прибран преку продажба на 3,6 милиони понудени акции TNG сака да го искористи за купување на нови бродови, пренесуваат хрватските медиуми. ИПОто ќе се смета за успешно доколку вложувачите искажат намера за купување на најмалку 1,5 милиони акции. Се очекуваат понуди во опсег од 64 до 77 куни (8,35 – 10 евра), а на акционерите на Tankerska plovidba им се нуди една акција од Tankerska за осум од TNG. Понудата е наменета за сите категории вложувачи, пензиски фондови, инвестициски фондови, како и на малите инвеститори од Хрватска и институционалните вложувачи од странство. По ИПО-то, Tankerska plovidba како основач на TNG има намера да го задржи сопственичкиот удел од најмалку 51%, што ќе се спроведе преку запишување на нови акции во вредност на понудата и по цена на акцијата остварена во понудата.
И “Зденка“ прибра капитал преку ИПО
ИПО-то на Tankerska e втор обид преку јавна емисија некоја хрватска компанија да прибере свеж капитал, и тоа во кус рок, од два месеци. Првиот обид заврши успешно за загрепската мелничарска компанија Granolio, која што издаде нови акции, и како што ја извести јавноста во декември лани, прибра околу 12 милиони евра свеж капитал. Во купувањето на новите акции на Granolio, учествуваа пензиските фондови во земјата со 43%, инвестициски фондови со 28%, осигурителни друштва и банки со по 6%, како и останати правни лица, што запишаа 17% од емисијата. Најголем поединечен сопственик на таа компанија до уписот на новите акции беше нејзиниот сопственик, Хрвоје Филиповиќ, кој што имал 96,25% од акциите. Од Granolio најавија дека новите акции ќе ги излистаат на Официјалниот пазар на Загрепската берза, заедно со сите претходно веќе издадени
БРОЈКИ
205
милиони евра се прибрани преку ИПО во Словенија досега
68
милиони евра се прибрани преку ИПО во Хрватска досега
акции на компанијата. Ова значи дека и покрај рецесијата што веќе седма година трае во Хрватска, засега две компании се одважија на ваков начин, преку јавна понуда на акции да го финансираат својот развој. Од задарската TNG по повод нивното ИПО, велат дека свежиот капитал им треба за да фатат приклучок кон новиот развоен циклус што се случува на светскиот пазар
www.kapital.mk
Капитал број 796 30.01.2015
32
анализа на бродски услуги, поточно превозот на нафтени деривати, за што компанијата е специјализирана. “Бродарскиот пазар им овозможува на компаниите што имаат квалитетни капацитети и знаат со нив трошковно конкурентно да управуваат да имаат стабилна заработка на подолг период“, изјави директорот на TNG, Џон Караваниќ за хрватските медиуми. Од Granolio, објаснија дека новиот капитал од ИПО-то ќе го искористат за поврат на дел од главницата на краткорочниот кредит што го земала компанијата за да го купи
мелничарскиот дел од бизнисот на Belje и PIK Vinkovci, компании инаку во сопственост на концернот Agrokor. Granolio е инаку основана пред дваесетина години, како фирма за трговија со житарици, масло, компоненти за сточна храна, жива стока и месо. Од 2001 година фирмата го проширила работењето и на производство и неколку различни прехранбени и преработувачки индустрии. Меѓу фирмите во портфолиото на Granolio е и производителот на познатото топено сирење Зденка, “Zdenka mliječni proizvodi d.o.o.”. nnn
Македонија на дното во регионот според нови емисии на акции
Нас ИПО не нè лази
В
о Македонија речиси и да нема јавни понуди на хартии од вредност, поточно емисии на нови акции, освен оние случаи на емисии за познат купувач, кога странската компанија сопственик на некоја банка во земјава и сл., прави докапитализација па ги запишува емитуваните акции преку Берза. Македонската берза, Комисијата за хартии од вредност и други организации организираа во повеќе наврати обуки и семинари на тема “нови емисии на акции“ или “корпоративни обврзници“, но интересот на домашните бизнисмени за овој начин на финансирање никако да се разбуди. Минатата година се одржа тркалезна маса со наслов “Зошто нема јавни понуди на хартии од вредност во Македонија“ во организација на КХВ, Берзата и Институтот на овластени ревизори. Во таа прилика, од КХВ посочија дека иако издавањето хартии од вредност е многу важен алтернативен начин на финасирање, кај бизнисмените постојат дилеми зошто преку издавање акции да се финансира една компанија и дали со издавање акции и вклучување на повеќе акционери треба да се дели и профитот и ќе се усложни начинот на носење на одлуки. На трибината беше спомнато дека во Хрватска досега имало
3
милиони евра само се собрани досега преку осум приватни понуди на акции на Берза
пет иницијални понуди и тоа две со издавање на обврзници, а три со издавање на акции во кои се собрани преку 56 милиони евра, во Словенија има 10 иницијални понуди во кои се собрани 205 милиони евра, а кај нас преку осум приватни понуди се прибрани само околу три милиони евра. Познавачите на пазарот на капитал велат дека влијанието на банкарството е преголемо врз компаниите во Македонија, се уште поврзаноста меѓу начинот на управување на компаниите и менаџментите на банките е на високо ниво. Приватизацијата игра клучна улога за начинот на размислување во Македонија, бидејќи строго дефинирана приватна сопственост кај одредени компании нема. Така дополнителното издавање на некоја јавна емисија би претставувало страв кај одредени менаџери дека ќе го изгубат мнозинството ако не се оди на некоја понуда за познат купувач.
ПОКАНА На 19 март 2015 година (четврток) во просториите на НБРМ, на 8. кат, со почеток во 14 часот, ќе се одржи 16. сесија на Клубот на истражувачите Доколку сакате да го презентирате Вашиот работен материјал на оваа сесија на Клубот на истражувачите, Ве молиме да н$ известите најдоцна до 2 март 2015 година (понеделник). Се надеваме дека ќе предизвикаме интерес кај Вас и кај Вашите колеги за учество на Клубот на истражувачите. Ве молиме да го потврдите Вашето присуство на оваа сесија на Клубот на истражувачите најдоцна до 16 март (понеделник) 2015 година на тел. +389 2 3298 110; електронска пошта: marketing@kapital.mk Напоменуваме дека зачленувањето во Клубот е од отворен карактер, за што подетални информации можете да видите на следнава врска: www.nbrm.mk/Клуб на истражувачи.
НАСКОРО
во сите поголеми IT малопродажни ланци.
LENOVO IDEACENTRE C40-30 С$ во едно 21.5” + ДЕСКТОП
IdeaCentre C40-30 AIO Black Intel® Core™ i3-4005U 4GB DDR3/ 1TB HDD 21.5" FHD LED + Camera Nvidia GeForce 820A 2G Wireless Keyboard + Mouse
31.990,oo ден.
IdeaCentre C40-30 AIO Black/ White Intel® Core™ i3-4005U 4GB DDR3/ 1TB HDD 21.5" FHD LED 10 point TOUCH + Camera Nvidia GeForce 820A 2G Wireless Keyboard + Mouse Windows 8.1 64bit
41.350,oo ден.
БРЗИОТ И КОМПАКТЕН LENOVO C40-30 ДОАЃА СО 4-ТА ГЕНЕРАЦИЈА НА INTEL® CORE™ ПРОЦЕСОР И 21.5" ОПЦИОНЕН МУЛТИТАЧ ЕКРАН КОЈ Е ИДЕАЛЕН ЗА ЗАБАВА ВО ВАШЕТО СЕМЕЈСТВО!
INet ИНЕТ - АВТОРИЗИРАН ЛЕНОВО СЕРВИС
ЗАШТИТНИК НА ВАШИОТ DO УРЕД!
ЗА ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ:
A: Атинска 12 - Скопје T: 02/ 3090.625 E: sales@inet.com.mk W: www.inet.com.mk
Капитал број 796 30.01.2015
34
www.kapital.mk
Балкан Бизнис и Политика
На грчкиот Хари Потер нема да му треба многу за да направи магија
И најмалиот успех на Ципрас ќе покаже дека Грците направиле вистински избор, за промени и на стариот континент Во тешката ситуација, притиснат од големите очекувања на Грците на кои им ветуваше „крај на сиромаштијата и враќање на достоинството“, олеснителна околност за Ципрас е што ако направи барем мал успех во однос на досегашното статус кво од кое корист имаа само дуополот Неа Демократиа-ПАСОК и нивните олигарси кои поддршката од европската владејачка класа ја купуваа прифаќајќи да бидат локални експоненти на нејзините политики, тоа ќе значи оправдување на довербата
www.kapital.mk
Капитал број 796 30.01.2015
35
Е
пишува:
Максим Ристески
maksim.risteski@kapital.mk
Епитетот „историски“ не еднаш се спомена во описите на победата на Сириза на Алексис Ципрас на изборите во Грција. Од контексти со повеќе статистички карактер, како - Грција никогаш немала помлад премиер од 40-годишниот Ципрас, или, нејзинатата влада досега не ја предводел атеист кој живее во вонбрачна заедница во која се родени две деца; до такви што кажуваат многу повеќе, како што е историскиот пораз на дуополот Неа ДемократиаПАСОК, двете партии кои 40 години владееја со земјата. Последново може да одекне низ Европа, некаде порано (на пример, во Шпанија), некаде подоцна, и тоа одовде, па, сè до Атлантикот. Во европските држави повеќедецениското менување на власт на само две партии - едната централно-десно, а другата централно-лево во политичкиот спектар, резултира со изборни битки кои нудат сè помалку избор на употребливи политички идеи (решенија), одвивајќи се меѓу противници што се доживуваат како владејачка класа дури и кога се поразени, зашто и во тој случај прилично комотно можат да чекаат до некое од следните соочувања, знаејќи дека, кај и да е, ќе се вратат на власт. Јасно е дека при ваква ситуација губитниците се секогаш граѓаните, кои веќе одамна на прашањето зошто не излегуваат на избори, одговараат со „сите се исти“. А истите граѓани (а и голем дел од партиските
На забелешките дека
Сириза не е дорасната за преговори со Тројката, Ципрас одговори доделувајќи му го ресорот финансии на професорот, доктор по економија од Есекс, и гостин економски аналитичар на BBC и на CNN, Јанис Варуфакис
Сириза стави крај
на владеењето што со заеднички сили предолго го одржуваа двете групи од интерес – дуополот Неа Демократиа-ПАСОК и олигарсите
Коалицирајќи со
десничарите „Независни Грци“ со кои се сложува само околу ставот за мерките за штедење, Ципрас сака уште посилно да се позиционира пред преговорите со Тројката
кадри) одамна и заборавиле за што всушност се залагаат овие партии, за кои гласаат партиските војници (и оној дел од народот што може да се исплаши или „запали“ со исфорсирани проблеми и теми за одвлекување внимание од вистинските прашања), не поради поистоветување со идеологијата или со вредностите, туку така како што „тифо“ навива за својот фудбалски клуб, а го мрази противникот. Не дека немало обиди од нови субјекти да биде пополнета оваа дупка во политичката содржина (понуда) на сите овие држави, но, Сириза на Алексис Ципрас прва успеа преку неа да влезе во големата игра и да победи. Никако поинаку освен со недвосмислена
поддршка од грчкиот народ на изборите, кој, особено последниве години, за да се охрабри, односно, за да сфати дека никогаш нема да биде победник во пинг-понг партиите меѓу Неа Демократиа и ПАСОК, мораше да „учи“ од политичари, домашни и странски, кои водеа политика „сто стапа по туѓ грб не болат“. Големината на победата на Ципрас се мери според противниците што ги порази. Дома, четиридеценискиот политички дуопол, чиј директен производ се олигарсите и големата корупција, и во Европската унија, чие водство знаејќи ги ставовите на Сириза, јасно е за кого (прилично индискретно) навиваше на изборите во Грција. Повторно,
победата е на народот, кој не се уплаши од хорорите што ги најавуваше досегашниот грчки премиер, Андонис Самарас (кој грчката јавност го доживува како агент на Тројката - меѓународните кредитори во лицето на Европската комисија, на Европската централна банка и на Меѓународниот монетарен фонд), дека доаѓањето на Сириза на власт би било „национално самоубиство“, бидејќи Ципрас во тој случај би ја „разоружал полицијата, би донел маса имигранти, а Грција би ја претворил во Северна Кореја на Медитеранот“.
Што може да се очекува од владата на Ципрас? Новиот грчки премиер ќе се обиде да издејствува нови преговори за отпишување
www.kapital.mk
Капитал број 796 30.01.2015
36
Балкан Бизнис и Политика
Шармот и гестот на Ципрас да го посети грчкиот архиепископ Ероним уште пред да се види со претседателот на Грција, Каролос Папулас, направија поглаварот без проблем да се сложи за прекин на традицијата на црковна инаугурација на премиерот
на што поголем дел од грчкиот долг што изнесува 320 милијарди евра, во услови кога БДП на земјата последниве шест години падна за 25%, а како резултат, јавниот долг на Грција изнесува 177% од БДП. Ципрас бара одржување на должничка конференција, по углед на онаа од 1953 година, кога на тогашна Западна Германија и бил отпишан голем дел од долгот, со репрограмирање на остатокот за подолгорочна отплата. Одредени аналитичари го поддржуваат барањето на Ципрас потсетувајќи дека Западна Германија по Втората светска војна го постигнала економското чудо благодарение токму на овој отпис на долгот. Но, сега, Тројката и Владата на Германија предводена
од канцеларката Ангела Меркел, цврсто стојат зад политиката на штедење, односно, изјавуваат дека нема можност за отпишување на грчкиот долг, иако, оваа политика никаде каде што се спроведува не дава задоволувачки резултати. Еден од водечките светски економисти, Џефри Сакс, предупреди дека ваквите мерки „не лекуваат, туку создаваат уште потешки болки, што ја надминуваат толеранцијата на демократските општества“, а истата порака ја пренесе и нобеловецот Пол Кругман, советувајќи ги во своја колумна европските лидери да не му држат лекции на Ципрас, бидејќи програмата што и ја наметнале на Грција била осудена на неуспех од самиот почеток. Како и да е, радикални потези,
какви што продолжуваат да најавуваат неговите противници, Ципрас (засега) нема да повлекува, што, секако, ќе зависи од тоа како Европа ќе ја менаџира ситуацијата, односно, ќе се постави во преговорите со новата грчка влада. Она на што Сириза може да смета е продолжување на рокот за отплата на грчкиот долг (што ако се договори на рок од 50 години, како што Грција сака, трошоците за сервисирање на долгот би паднале доволно за значителни суми пари да останат за поттик на економијата во земјата), и, евентуално, простување на преостанатата камата што се однесува на помал дел од долгот. Секако, меѓународните кредитори ќе се обидат на Ципрас да му понудат решение (ако постои такво) што ќе може
да се толкува дека исполнил доволен дел од она за што го изгласаа Грците, а тоа да не предизвика домино ефект во Еврозоната со барања и од други држави за слични решенија, кои Тројката не би можела да ги испорача. Во тешката ситуација, притиснат од големите очекувања на Грците на кои им ветуваше „крај на сиромаштијата и враќање на достоинството“, олеснителна околност за Ципрас е што ако направи барем мал успех во однос на досегашното статус кво, тоа ќе значи оправдување на довербата – доказ за дотраеноста на европската владејачка класа и на нејзините политики, кои државите треба да ги заменат со многу поавтономни. Во духот на изјавата на Ципрас - дека
www.kapital.mk
Капитал број 796 30.01.2015
37 неговата влада ќе ги почитува обврските на Грција кон еврозоната за балансиран буџет и за постигнување на квантитативните зададени цели, но, оти „суштинска одлика на демократијата е новоизбраната влада сама да одлучува како ќе ги исполни овие задачи, зашто политиката на штедење не е дел од европските спогодби, туку тоа се демократијата и принципот на народен суверенитет“. Најавата што би ја дале веќе првите позначајни потези на новата грчка влада, дека похрабро може да се погледне кон иднината на Грција, секако би била ветар во едрата за шпанскиот пандан на Сириза, Подемос, на харизматичниот Пабло Иглесијас, на изборите што во Шпанија се закажани за крајот на годинава, а можат да означат нов почеток, односно влегување во серија порази на етаблираните политички опции, со сè што тоа би можело да значи за стариот континент.
Ветувачката симболика на првите потези
А првите премиерски потези на Ципрас дефинитивно се ветувачки. Секако, не на некое квалитативно ниво во однос на промените за кои е многу рано, туку првенствено симболички, за откривање на неговиот политички стил. Прво со начинот на кој ја прекина грчката традиција на црковни инаугурации на највисоките државни функционери. Ципрас, кој е деклариран атеист, ова го издејствува со политичка елеганција каква што им недостасува и на многу поискусните политичари од него. Имено, уште пред да се сретне со претседателот на Грција, отиде кај архиепископот на Грчката православна црква, Ероним втори. Новиот грчки премиер по средбата изјави дека односите меѓу црквата и државата ќе бидат
подобри од кога било досега, а Ероним изрази разбирање за ставот за цивилна инаугурација. Му остана само на поразениот Андонис Самарас без никаков одек во јавноста да обвинува дека Ципрас ги нарушил грчките религиозни традиции. Ако се заклучува според начинот на кој лидерот на Сириза издејствува да нема мешање на црквата во процедурите при изборот на владата на Грција, тој ќе биде отворен, проактивен, тактичен премиер – што се добредојдени карактеристики за решавање на кој и да е проблем, па, зошто не и за придвижување на работите околу спорот со името што Македонија го има со Грција. Секако, ова не значи дека Ципрас ќе ги олабави грчките тези по прашањето, но, неговиот пристап има потенцијал, односно нуди повеќе алтернативи. Надворешно политичките прашања се трудеше многу да не ги допира во кампањата, зашто знаеше дека тоа е лизгав терен каде што поените ќе отидат на туѓи конта. Сириза не е националистичка партија – покрај името на македонското левичарско движење „Солидарност“ на листата поддржувачи на партијата на Ципрас, на нејзината официјална страна стои „Македонија“, но, ставот за спорот за името во владината коалиција ќе му биде оставен на партнерот, десничарите „Независни Грци“ (АНЕЛ), за и тие да можат да кажат дека им се слуша гласот. Понатаму за симболиката на првите потези на Ципрас, јасно проговори преполовувањето на бројот на министрите, на линија со економската ситуација во Грција. Новата грчка влада има десет министри, за разлика од досегашната во која седеа дваесет – формирани се четири таканаречени суперминистерства – за финансии, за внатрешни
работи, за култура и за здравство. Симболично, Ципрас својот антибирократски став го изрази и со неставањето вратоврска при давањето премиерска заклетва. Неговите противници со нетрпение чекаат да седне на жешкото столче, на преговори со претставници на Тројката, за да се докаже сето она што му го забележуваат – дека по само неколку години во грчкиот Парламент, тој нема искуство во финансиските и во правните работи. Демантот стигна од кадровското решение на Ципрас за министер за финансии, Јанис Варуфакис, кого веќе го нарекоа „човекот што на ЕУ треба да и каже „не““. Станува збор за доктор по економија, образуван во Велика Британија (докторирал на Универзитетот во Есекс), а предавал во Австралија, САД и Грција; познат е по гостувањата на големите ТВ-мрежи (BBC, CNN, Russia Today) како економски аналитичар, и автор е на повеќе книги. Варуфакис е и блогер, а првата работа што по победата на Сириза ја напиша на својот популарен блог за економија, откако го парафразираше велшкиот поет Дилан Томас со зборовите дека „грчката демократија одлучила да не оди тивко во темната ноќ, туку да беснее светлото да не изгасне“, беше следново: „Ќе ги уништиме грчките олигарси, ќе ги уништиме основите на кои тие од деценија во деценија градеа ваков систем, мрежа која злобно ја исцицуваше енергијата и економската моќ од сите други во нашето општество“. Овде се враќаме на почетокот на текстот, и на длабокото значење на победата на Сириза против начинот на владеење што со заеднички сили предолго го одржувале двете групи од интерес – партиите од досегашниот двопартиски систем и олигарсите. nnn
www.kapital.mk
Капитал број 796 30.01.2015
38
Лидери
Слушајте ги милијардерите
Животни лекции од Џек Ма, основачот на Alibaba Group Ако сте меѓу оние што се чувствуваат обесхрабрено кога ќе се осврнат на својот професионален напредок или на финансиската состојба, прочитајте го списокот на совети од најбогатиот Кинез и еден од најголемите милијардери на светот, основачот на Алибаба Група (Alibaba Group) Џек Ма.
1. 2. 3.
Третирајте ја секоја можност како отворена врата ниедна шанса не е премала. Обединете свој тим на патот спрема заедничката целобединете ги да застанат зад вашата идеја и мисија и искористете ја нивната помош. Направете се заменлив- идеите, вештините и пристапот во кои верувате негувајте ги и кај личностите на кои им верувате. Кога вие ќе тргнете напред, нивното водство ќе го обезбеди продолжувањето на успехот, мисијата или идеите. Вработете ги оние кои имаат подобри технички вештини од вас самите работниците секогаш би требало да бидат технички стручњаци. Здравиот разум при одлучувањето е поважен од способностите- најуспешните лидери не се секогаш најпаметни и најквалификувани на хартија. Меѓутоа се опкружуваат со експерти на кои се обраќаат кога им треба совет. Парите и политичката моќ не можат да постојат заедно - таму каде постојат двете ќе се случи “експлозија“. Ако веќе ве интересира и едното и другото, следете ги соништата еден по еден, а не истовремено. Ваша работа е да бидете погрижливи, повредни и поамбициозни од другите. Натпреварувајте се достоинствено - ако ги третирате конкурентите како непријатели и тие на вас ќе гледаат како на непријатели. Наместо тоа, почитувајте ја конкуренцијата имајќи на ум дека следниот пат може да ги замените позициите. Победниците не се жалат- постојаното„ кукање“ е знак на неуспех. Работата донесува предизвици, а начинот на кој се носите со нив е важен за успехот. На прво место се клиентите, на второ вработените, а на трето акционерите- како лидер имате ограничена количина на време и енергија. Насочете се на оние кои ја овозможуваат вашата работа- на клиентите.
4. 5.
6.
7. 8.
9. 10.
11.
Заборавете на парите- не сте започнале да работите исклучиво поради пари. Ако се сосредоточите на парите, ќе донесете одлука различна од оние кои ќе ги донесете ако се насочите на патувањето. Патот кој сте го зацртале одете го претпазливо и амбициозно, а со време ќе дојдете и до пари. “Бесплатно“ е навистина скап збор- кога давате нешто “бесплатно“ давате дел од добивката, како и човечки ресурси потрошени на развој. Пред да се одлучите на таков облик на промоција, добро размислите бидејќи ништо не е вистински бесплатно. Мудриот човек го користи своето срце- верувајте во интуицијата. Родени сме да уживаме во животот, а не да го поминеме работејќи- смислата на животот не е само работа, работа и работа. Фокусот би требало да биде на уживањето, не само во работата туку и во луѓето кои ве опкружуваат. Откажувањето е најголем неуспех- никогаш нема да знаете што можете да постигнете ако не се обидете. Прилагодете ги своите идеи, променете ја стратегијата ако е потребно- но никогаш не се откажувајте. nnn
12. 13. 14.
15.
www.kapital.mk
Капитал број 796 30.01.2015
Hi-tech & business
39
Зошто извршниот директор на Google Ерик Шмит вели дека Интернетот ќе исчезне Доѓа крајот на Интернетот каков што го познаваме. Тој ќе стане дел од нас.
К
рајот на Интернетот доаѓа наскоро. Или во најмала рака Интернетот каков што ние го познаваме. Оваа изјава доаѓа од некој кој знае многу за Интернетот. За време на својот говор на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија, извршниот директор на Google, Ерик Шмит, рече дека моменталниот Интернет најверојатно ќе исчезне, оти стана дел од секојдневните продукти и услуги. „Ќе има многу ИП адреси, со многу уреди, сензори, работи кои ги носите, работи кои ќе комуницираат со вас на тој
начин што вие нема ни да го почувствувате тоа“, рече Шмит. “Ќе биде дел од вашето присуство цело време“. Компанијата планира да
работи со бежични носачи како Sprint и T-Mobile на тој начин што ќе ги користи нивните постоечки мрежи. Се проценува дека Google
ќе им плати на компаниите да го употребува местото на нивните мрежи и потоа да им го препродава тоа на своите клиенти. nnn
www.kapital.mk
Капитал број 796 30.01.2015
40
CEO Profile
Хауард Шулц извршен директор на Старбакс
Кралот на кафетериите
Р
оден во Бруклин, Њујорк, Хауард Шулц од релативно скромен старт ја изгради светски најпрепознатливата компанија за кафе, акумулирајќи лично богатство од 1,5 милијарди долари. Во текот на својата кариера тој создаде сопствена инвестициска група, имаше лош период како сопственик на НБА кошаркарски тим, и честопати страствено покажуваше што сè е потребно да се биде успешен лидер на мултинационален бизнис.
Почетоците
Шулц потекнува од германско- еврејско семејство кое живеело во полошите делови во Њујорк, а е роден во 1953 година. Неговото искуство на дете пораснато во неугледните делови на Бруклин му дало волја да успее, вели тој за магазинот Barrons: “Голем дел од мојот натпреварувачки дух е поврзан со моето детство во Бруклин, живеејќи со копнеж да се постигне нешто повеќе во животот“. Тој бил првиот член од неговото семејство кој се запишал на факултет
откако добил стипендија за атлетичари на Северниот Универзитет во Мичиген (Northern Michigan University) во 1972 година, каде дипломираше на насоката Комуникации три години подоцна. По завршувањето на факултетот, тој го минувал времето како продавач на Зирокс (Xerox) пред да стане дел од тимот на шведскиот произведувач на машини за кафе Hammarplast, каде ја имал позицијата на генерален менаџер. Годината била 1981, кога тој за прв пат дошол во контакт со малата продавничка за
кафе, лоцирана во Сиетл, а наречена Старбакс компанија за кафе (Starbucks Coffee Company). Една година подоцна бил назначен за директор на маркетинг во фирмата, каде почнал да истражува како различните земји - особено Италија - ги третираат кафе продавниците повеќе како место за социјализација на луѓето, додека истовремено нудат високо квалитетно кафе. Откако не успева да ги убеди сопствениците на Старбакс да применат некои од неговите сугестии, како на пример таа да употребуваат еспресо кафе, Шулц ја напушти компанијата во 1985 година и го започна својот бизнис со кафе наречен Il Giornale, замислен како концепт за релаксирано место каде луѓето можат да пијат кафе и да читаат весник, исто како што виде дека функционира во Италија. Во 1987 година, откако сопствениците на Старбакс посакаа да се фокусираат кон други нешта, Шулц ја купи компанијата за 3,8 милиони долари и ја спои со својот бренд, посветувајќи се на агресивна стратегија за проширување која подразбираше отворање на кафе продавници насекаде низ САД. Старбакс е сега лидер во продажбата на кафе, со обрт од речиси 15 милијарди долари во 2013 година, кој функционира во 61 држава низ светот, правејќи го Шулц еден од најуспешните претприемачи во поновата историја.
Филозофијата на кафе продавница
Во неговата книга „ Како Старбакс се бореше за својот живот без да ја загуби душата“, објавена во 2011 година, Шулц зборува за филозофијата во позадина на неговата кариера и претприемачкиот дух што му овозможи да го изгради Старбакс во компанија каква што е денес: “Кога сакаме нешто, емоциите честопати се двигателите на нашите акции. Ова е дарбата и предизвикот со кои денес се соочуваат претприемачите секојдневно. “Компаниите за кои сонуваме и ги градиме од буквално што, се дел од нас и се крајно лични. Тие се нашето
www.kapital.mk
Капитал број 796 30.01.2015
41 Старбакс во бројки
1971 21.160 15 Основана
локали низ светот
милијарди долари приход во 2013 година
182.000 вработени
семејство. Нашиот живот. Но, претприемачкиот пат не е за секого. Да, височините се големи и наградите може да бидат фантастични. Но, неуспесите може да ви скршат срцето. Претприемачот мора да го сака тоа што го работи до тој степен што е подготвен на секаква жртва, а понекогаш и на болка. Но, да се прави нешто друго, јас мислам дека е незамисливо за мене“. Стратегијата на Шулц додека го менаџираше големиот раст на Старбакс во 1990-те беше да ги вклучи вработените колку што е можно повеќе во процесите на донесување одлуки. Делегирањето на одговорност беше тешка одлука за некој толку многу инволвиран во бизнисот, но тој сфати дека тоа е неопходно. Во неговата прва книга „Ставете го вашето срце во бизнисот: Како од шолја по шолја за кафе се изгради Старбакс“ (Pour your heart into it: How Starbucks built a company one cup at a time), Шулц рече: „Рано сфатив дека треба да вработам луѓе кои се попаметни и
за почетоците Од скромни почетоци до лидер на една од водечките мултинационални империи, Хауард Шулц секогаш бил “гладен“ да го покажува својот претприемачки дух, дури и кога тоа му се удирало од глава поквалификувани од мене во повеќе различни области, и морав да им препуштам доста од процесот на носење одлуки. Не можам да ви опишам колку тешко беше тоа за мене. Но, ако ги пренесете вашите вредности на луѓето околу вас, мора да им верувате дека ги носат вистинските одлуки“.
Двојно дриблање
Конечно, Шулц чувствуваше дека на почетокот од овој век треба да го делегира водењето на Старбакас на нов извршен директор и дека треба да ја предаде контролата. Тогаш одлучи дека му треба нов проект кој му преставува пасија, и го презеде НБА кошаркарскиот тим Сиетл Суперсоникс.
Но, петгодишното искуство како сопственик на тим беше исполнето со нервоза. Тој “заигра“ некако лошо со главната ѕвезда Гери Пејтон, пред да биде обвинет дека не го води тимот како бизнис, туку како фан. Во статија објавена откако го продаде тимот во 2006-та, поранешниот вработен Џереми Рапанич, го обвини Шулц дека малку вложувал во тимот, што е спротивно на убедувањата на фановите и играчите кои веруваат дека спортските тимови треба да бидат опсипани со пари за да можат да постигнат успех. Шулц го продаде тимот за 350 милиони долари на конзорциум кој го префрли тимот во Оклахома, пред да престане да постои во 2008.
По неговиот неуспех како сопственик на Сиетл Суперсоникс, Шулц одлучи дека за него подобро ќе биде да е на чело на компанијата каде го имаше својот најголем успех. Иако остана како претседател на Старбакс, тој сметаше дека компанијата го изгубила својот пат со неговото отсуство. Некои коментатори направија споредба помеѓу неможноста на Шулц да ја разбере улогата како сопственик на спортски тим и неговото несреќно справување со обвинувањата за даночни затајувања во Велика Британија. Тие сметаа дека Шулц не ја проценил добро жестокоста со која потрошувачите на Велика Британија ќе ја осудат оваа ситуација. Гледајќи наназад на неговата кариера и кон иднината, Шулц вели дека неговите амбиции денес се поголеми од порано. Тој изјави за Barrons: “Никогаш не си дозволував себеси ниту да се замислам дека ќе бидам овде кај што сум. Сега кога сум овде, моите соништа се поголеми“. nnn
www.kapital.mk
Капитал број 796 30.01.2015
42
Компании и пазари
Сонцето ќе биде основен извор на енергија до 2050.
Д
До средината на овој век, сонцето може да биде најголемиот извор на енергија и може да го зема приматот во глобалното затоплување со тоа што ќе превенира да се ослободуваат милијарди тони на емисија на јаглен диоксид, покажува новиот извештај на Меѓународната агенција за енергија. Овој Извештај е последната доза на добра вест за соларната индустрија која забележува феноменален раст. Глобалните побарувања за соларна енергија се очекува да се дуплираат на секои две години до 2022 година како резултат на тоа што цените паѓаат, а технологијата постојано се подобрува. САД е еден од пазарите каде оваа енергија забележува силен раст. И покрај тоа што е најбрзорастечки извор на обновлива енергија, соларната енергија се уште преставува само мал дел од енергетиката која денес е микс доминиран од фосилните горива. Глобално, 0,5% на електрична енергија доаѓа од соларните системи, а во САД во моментот преку соларните системи се генерира 0.2% од
Соларната енергија може да стане поважна од нафтата и гасот како основен извор на енергија на планетата. вкупната енергија. „Брзиот пад на цената на фотоволтаичните модули и системи во последните неколку години отворија нови перспектива за употреба на соларната енергија како голем извор на струја во годините и декадите што следат“, вели Мариа ван дер Ховен, извршен директор на Меѓународната агенција за енергија. „Сепак, оваа технологија бара многу капитал. Речиси сите трошоци се прават однапред. Намалувањето на цената на капиталот е затоа од примарно значење за да се достигне визијата за овој сектор“. Но, цената на фотоволтаичните соларни системи се очекува да падне за 65% до 2050 година, вели Ван дер Ховен. Друг клучен елемент за развој и раст на соларната енергија
ќе биде доколку владите излезат со јасни политики за поддршка на овој сектор. Соларниот сектор во САД, на пример, има бенефит од даночните кредити за соларни инвестиции. Индустријата бара овие кредитирања да важат и после 2016 година. „За споредба“, вели Ван дер Ховен, “таму каде што постои политичка некохеренција, нејасни сигнали и иницијативи кои почнуваат и застануваат, инвеститорите на крајот плаќаат многу повеќе за нивните инвестиции, а пак клиентите плаќаат повеќе за енергија, па така некои проекти кои дури и да се важни на крајот нема да бидат спроведени“. Со 137 гигавати за инсталирање на капацитет на крајот од 2013 година, фотоволтаичните системи доминираат на пазарот-
со посилен капацитет од 2010 година отколку во претходните четири декади- и ќе продолжат со тоа до 2030 година, според извештајот на Агенцијата. Но, во моментот кога соларните системи ќе достигнат од 5% на 15% од вкупното генерирање на енергија, сликата ќе започне да се менува. Во тој момент, фотоволтаичниот систем почнува да ја губи вредноста на пазарите додека соларната термална енергија, кога го користи сонцето да произведе струја “ќе го заземе пазарот“. Гледано глобално, Кина се очекува да биде водечка во однос на фотоволтаичните системи, оставајќи ја позади себе САД. Соларно термалните системи, во меѓувреме имаат голем потенција во сончевите делови што значи веројатно ќе биде „голем потенцијал“ за Африка, Индија, Среден Истоk и во САД. nnn
! " # " $%&'()*' ) +,% -(. /0 '
www.kapital.mk
Капитал број 796 30.01.2015
44
бизнис и политика
Ќе си ја пресече ли капитализмот гранката на која седи?
Растечката нееднаквост ја убива креативната сила на капитализмот пишува:
Максим Ристески
ќ
maksim.risteski@kapital.mk
Ќе прифатиме ли економија во која само на некои од нас им оди спектакуларно добро? Или ќе се обврземе да развиваме економија што ќе ги зголемува приходите и ќе им даде можност на
сите кои сакаат да вложат напор?... Нам, како на Американци, не ни пречи да си го плаќаме нашиот дел од даноците, но, тоа треба да го правиме сите... Имаме супер-богати кои добиваат подароци од кои немаат потреба, додека семејствата од средната класа не ги добиваат олеснувањата што им се потребни“, истакна претседателот на Соединетите Американски Држави, Барак Обама, во редовното годишно обраќање пред американскиот Конгрес, кое медиумите во земјата не можеше да не го искоментираат (и) како „(Томас) Пикети со американски акцент“ (Вашингтон Пост). Зашто, со барањето законодавното тело на федералната
власт на САД одлучно да тргне во борба со социјалната нееднаквост, и американскиот претседател даде свој придонес кон „вечната“ тема – реформа на капитализмот, за кој, ваков каков што е, кога се вели дека станува сè понеправеден, не се мисли само на повредата на чувството за правда, туку на растечката нееднаквост како опасно дестабилизирачки, и, соодветно, безбедносно ризичен фактор. Се има предвид (и) последниот извештај на непрофитната организација за развој, Оксфам, објавен во Давос, на Светскиот економски форум, според кој најбогатите, еден процент од луѓето во светот, ќе поседуваат дури над половина од светското богатство до 2016
година. Организацијата предупредува на „експлозија на нееднаквост“, зашто истовремено еден на секои девет луѓе во светот нема доволно храна, а повеќе од една милијарда сè уште преживуваат со 1,25 долари на ден. Во САД острината на нееднаквоста е најголема во последните 30 години – ова го покажува податокот дека во 2013 година просечниот износ на она што го поседуваат богатите семејства бил седумпати поголем од оној на семејствата од средната класа, и дури 70 пати поголем од износот со кој располагала ниската средна класа. Во 1979 година 1% од најбогатите во САД добивале 17% од вкупните приходи од капитал, додека во 2007 кај нив се слевале цели
www.kapital.mk
Капитал број 796 30.01.2015
45 43%. Даночната реформа што Обама ја најави би требало до 2015 година во буџетот на САД да донесе 320 милијарди долари од Волстрит и од тие еден отсто најбогати Американци. Парите би се искористиле за низа даночни олеснувања за средната класа, како и за зголемување на детскиот додаток, а би се собирале со поголемо оданочување на дивидендите, и со затворање на дупката во даночниот закон низ која неоданочено поминувало наследувањето на финансиските имоти (според сегашното решение наследниците плаќаат данок само ако наследеното го продаваат). Поради доминацијата на републиканците во Конгресот на САД нема изгледи дека предложеното од Обама ќе се реализира. А поради тоа што на местото на актуелниот претседател на САД во 2016 година ќе дојде друг(а), па, нему веќе нема да му требаат донатори (за кампања) кои воглавно доаѓаат од засегнатите - еден отсто најбогати Американци, неговиот предлог прозвучи како „лебедова песна“. Но, нејзиниот одек се очекува дека ќе ја обликува дебатата во кампањата за споменатите претседателски избори во САД што ќе се одржат во 2016 година. Иако, дури и во случај на нив повторно да победи демократ, од него не треба да се очекува одлучност во поглед на даночните реформи каква што Обама покажа дури при крајот на вториот мандат. За разлика од него, на веројатната кандидатка на демократите, Хилари Клинтон, секако ќе и требаат донатори, а за нив лебедовата песна на Обама не е најпријатна музика. Како и да е, за да се спречи уништувањето на капитализмот каков што го знае(в)ме (како стимулатор на раст, на инвестиции и на преземање ризици...), „време е нашите лидери да почнат да се борат со моќните економски интереси што стојат на патот на еден поправеден и попросперитетен свет“, како што изјави извршниот директор на Оксфам, Вини Бианјима.
Обама побара одлучно да се тргне во борба со социјалната нееднаквост, но, сега, кога веќе не може да се кандидира за претседател, па, не му требаат донатори На Хилари Клинтон и претстои кампања, така што, иако сопартијка на Обама, ќе подразмисли дали ќе оди со неговите тези на избори КАПИТАЛИЗАМ За либерално-демократскиот капитализам алтернатива нема ниту левицата во светот, а негов системски проблем е аголот на гледање од кој успешноста на пазарот се мери првенствено низ неговата алокативна ефикасност во однос на богатството. А основната улога на капитализмот не е алокацијата, туку креацијата. Зашто животот денес не е подобар во однос на 1800 година бидејќи поефикасно се алоцирани ресурсите од 19 век, туку затоа што имаме антибиотици што спасуваат животи, моторизиран транспорт, слободен пристап до огромни количества информации ... и сето ова му е достапно на мнозинството на планетата. Капитализмот треба да почне да се лекува така што ќе се изгради свест оти мерка за богатството на едно општество е стапката по која новите решенија за проблемите на луѓето стануваат достапни
Реформа со прогресивно оданочување или со промена на свесноста за целите на економскиот систем?
Меѓу предлог-решенијата што произлегуваат од дебатата на светските авторитети од областа на економијата последниве години доминантни се изведените од бестселерот „Капиталот во 21 век“ на погоре споменатиот француски економист Томас Пикети. За потсетување, Пикети смета дека во ситуација кога кај богатите доминираат приходите од капитал, а во многу мал процент стекнатите со работа (за разлика од посиромашните слоеви каде што ситуацијата е спротивна), длабинските сили на капитализмот предизвикуваат огромен раст на нееднаквоста и концентрација на богатство на врвот на општествената пирамида. Последицата, според францускиот економист, е враќање наназад, не само во 19 век, туку уште поназад, во патримонијалниот капитализам во кој доминира наследното
www.kapital.mk
Капитал број 796 30.01.2015
46
бизнис и политика
Томас Пикети
В
о дебатата на светските економисти за реформа на капитализмот незаобиколни се тезите на францускиот економист Томас Пикети, чии истражувања покажуваат дека во вистинската приказна на нееднаквоста „волкот“ се еден отсто од луѓето - оние најбогатите
Славој Жижек
Д
богатство обезбедувајќи им ги одлучувачките позиции во економската, во социјалната, во политичката структура не на талентираните, вредни поединци, туку на членовите на богатите династии. Врз база на обработените податоци (од дваесетина држави за период од три века) Пикети докажува дека стапката на поврат на богатството преку приноси на капитал е за 3 до 4 пати поголема од стапката на растот на економијата, што значи богатите неминовно стануваат побогати, а
сиромашните посиромашни. И според листата на Форбс на глобални милијардери, богатството на најбогатите се зголемувало три пати побрзо од светската економија од 1987 до 2013 година, предизвикувајќи ги очигледните економски, социјални и политички последици. Решението на францускиот економист е во зголемувањето на даноците и во прогресивното оданочување, но, не само на тековните приходи туку и на акумулираното богатство. Конкретно, тој
предлага да се воведе данок од 1% за домаќинствата со имот вреден меѓу 1 и 5 милиони долари, 2% за имот кој надминува 5 милиони долари, и со прогресивен раст на даночната стапка да се сигне до 10% за имотите кои се над милијарда долари. Авторите Ерик Бајнхокер (извршен директор на Институтот за ново економско мислење при Оксфорд Мартин школата на Универзитетот Оксфорд) и Ник Ханауер (претприемач, „венчр“ капиталист и автор), во
ури и светски реномираниот словенечки философ, Славој Жижек, иако е инспириран од марксизмот, смета дека за либералнодемократскиот капитализам нема алтернатива, но, оти треба да се бараат алтернативи за негово подобрување својот есеј „Редефинирање на капитализмот“ развиваат еден пофилософски пристап кон прашањето за реформа на капитализмот, барајќи решение во промената на свесноста за целите на
www.kapital.mk
Капитал број 796 30.01.2015
47 економскиот систем. За нив, откако заклучуваат дека просперитетот се креира со решавањето на проблемите на луѓето, клучно прашање е каков економски систем најбрзо и најефикасно ќе реши најмногу проблеми за мнозинството од човештвото. Тоа е генијот на капитализмот, гласи нивниот одговор, како систем што поттикнува милиони секојдневни обиди за решавање на проблемите, создавајќи конкуренција за избор на најдоброто решение, и поттик истото да им биде ставено на располагање на што поголем број луѓе. Затоа Бајнхокер и Ханауер за системски проблем го сметаат аголот на гледање од кој успешноста на пазарот се мери првенствено низ неговата алокативна ефикасност во однос на ресурсите на општеството (богатството). Со други зборови, основната улога на капитализмот не е алокацијата, туку креацијата. Зашто животот денес не е
подобар во однос на 1800 година бидејќи поефикасно се алоцирани ресурсите од 19 век, туку затоа што имаме антибиотици што спасуваат животи, моторизиран транспорт, слободен пристап до огромни количества информации ... и сето ова му е достапно на мнозинството на планетата. Оттука, тие сметаат дека капитализмот треба да почне да се лекува така што ќе се изгради свест оти богатството на едно општество треба да се мери според стапката по која новите решенија за проблемите на луѓето стануваат достапни. Дури и светски реномираниот словенечки философ, Славој Жижек, иако е мислител инспириран од марксизмот, нема дилеми дека „либерално-демократскиот капитализам не е најдобар, но, е најдобар можен од можните реалистични светови“. Тоа е формулата, само треба да се преуреди да биде малку подобра, вели Жижек, подвлекувајќи дека
тоа го прифаќа и левицата во светот, која бара само повеќе демократија и повеќе од карактеристиките видени во државата на благосостојба. Последново, смета философот, би можело да се постигне со комбинирање на слободниот пазар со силна, извонредно активна држава (која, според него, ни треба повеќе од кога и да е порано), како во Сингапур, во Јужна Кореја, па, и во Германија. Зашто големото богатство (концентрирано кај многу мал број луѓе) лесно купува политичко влијание, и го зголемува расчекорот меѓу либералнодемократските институции на парламентарната демократија, и логиката на глобалниот финансиски капитал, кој, се повеќе излегува од контролата на формите на демократска контрола. Секако, философот предупредува дека при барањето решенија за контрола над финансискиот капитал треба да се
внимава да не се падне во тоталитарната стапица. Една од опциите што во неодамнешно интервју ги нафрла како правец за реформа на капитализмот е (како и во случајот на Бајнхокер и Ханауер) поврзано со промена на свеста. „Неодамна престојував во Норвешка. Таму луѓето некако прифаќаат извесна егалитаристичка логика. Во просечна компанија, максималниот однос меѓу најниско платениот работник и врвниот менаџер е 1:4, или максимално 1:5. Луѓето ова едноставно го прифаќаат како нормално“, вели Жижек, и веднаш одговара на претпоставеното прашање - а што се случува во тој случај со пазарната конкурентност? „Норвешка е меѓу најконкурентните земји. Веднаш зад Хонг Конг и Сингапур. Значи може да постои социјална држава, егалитаризам, а покрај тоа, дури и во најкапиталистичка смисла, да биде многу конкурентна“. nnn
ЗДРАВЈЕ 13 ИНФАРКТ СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ
ФЕВРУАРИ 2015
КАКО ДА СЕ ЗАШТИТИТЕ? Инфаркт –причина број 1 за смртност во Македонија. Кои се причините за тоа? Како да се превенира? Како да се избегне? Прегледи и превентивни мерки кои ги нудат болниците ? Менаџерскиот стрес како причина за инфаркт-Се повеќе менаџери одат на психијатри? Што советуваат тие како да се намали стресот? Животни навики и храна за здраво срце Повеќе информации во врска со прилогот и за претставување во истиот можете да добиете на е-маил sanja.savovska@kapital.mk или на телефонскиот број 02 3298 111
ЛИЦE ЗА КОНТАКТ:
САЊА САВОВСКА
Капитал број 796 30.01.2015
48
www.kapital.mk
нА РУЧЕК СО...
Роберт АтанасовскиРоко фотограф
Фотоапаратот е моето најдобро перо
www.kapital.mk
Капитал број 796 30.01.2015
49 Од богатото мени на Стоун Бриџ одбравме: l мешана салата и l лосос на скара
Со познатиот фотограф разговаравме за фотографскиот лајфстајл, за развојот и падот на новинарството во Македонија, за првата редакција на Дневник од која и самиот е дел, но и за полесни теми како аналогната фотографија и неговите почетоци во светот на оваа специфична уметност. За читателите особено интересни ќе бидат адреналински и ризични случки кои се дел од кариерата на Атанасовски. разговарал и фотографија
Ф Дејан Азески
dejan.azeski@kapital.mk
Фотографот на Франс Прес и МКД.МК Роберт Атанасовски е човек кој буквално не можете да го промашите во Скопје или на било кој друг поважен настан во Македонија. Тој едноставно успева секаде да стигне и од секаде да направи технички најквалитетни и репортерски најсодржајни фотографии, да биде постојано присутен во скопските кафичи и кафеани со неговите колеги и остатокот од денот да го посвети на сопругата и ќерката.
Дневник успеа благодарение на неверојатната хемија во редакцијата
Иако професионалната кариера на дипломираниот филозоф почнува години пред формирањето на Дневник во легендарниот Студенски збор заедно со Зоран Димитровски, Горан Михајловски, Зоран Костовски и многу други доајени на македонското новинарство па продолжува преку Арт Студио Цветиновски на познатиот фотограф Александар Цветиновски, сепак формирањето и работата на првиот македонски независен дневен весник беше темата која очекувавме Атанасовски првично да ни ја искоментира. „Дневник беше некој
интересен конгломерат, спој на искусни новинари кои беа уредници и на нови луѓе, но не од 20 години, туку од 27-28 години кои што беа во полна сила. Не луѓе кои што излегле од факултет, туку луѓе кои што се занимавале некаде со новинарство, но кои што не се испукале и не го доживеале жарот во некаква вистинска редакција. И тоа беше буквално експлозија на идеи, креативност и се. Тоа беше некако спој на приватно и професионално. После работа буквално не одев дома, седевме до 12 навечер со колегите и секогаш правевме муабет за новинарство. Имаше таков ненормален жар за работа“. Според Атанасовски, најважен момент кој го наметна Дневник е борбата за што подобар текст и подобра фотографија, одличен рецепт за создавање добри новинари и фотографи. „Таму сите се натпреваруваа кој ќе направи подобра тема или фотографија и тоа носеше извонредни резултати кои подоцна се одразија во конкуренцијата со другите новоформирани дневни весници. Едноставно од тој медиум во тој состав зрачеше неверојатна хемија. Плус се погоди и времето веќе се случуваше некаква демократска пролет во Македонија, попуштаа стегите на стариот систем и се раѓаа контурите на некој нов систем. Но, за жал еве дочекав повторно да се враќаме на работите и принципите од кои тогаш толку бегавме и ги презиравме“.
Фотографската работа е специфична и полна со ризици Општопознато е дека фотографите се луѓе со специфичен и уникатен стил на живеење. Со интересни навики, но
и засебен карактер на комуникација и однесување. Со оглед на фактот дека сопругата на Атанасовски е универзитетски професор на Шумарскиот факултет тој вели дека е потребно големо разбирање за да се ускладат обврските кои ги наметнуваат овие две дијаметрално спротивни професии. „Имам три типа на работни денови. Оние кога одам на работа констатирам дека има еден или ниеден настан и кога времето го поминувам во читање и кафе со колегите и пријателите. Денови кога попладне ќе констатирам дека нешто се случило во Тетово и морам да одам таму и да заглавам до 12 на полноќ. И денови или цели недели кога сум подолго отсутен од дома. Сето тоа без разбирање и поддршка од семејството нема да можев да го работам“. Популарниот Роко се сеќава и на многу тензични и ризични случки од неговата кариера кои веројатно никогаш нема да ги заборави. „Адреналински интересно беше и во бегалската криза од Косово, кога преку реки и огради влегувавме во бегалските кампови за да направиме фотографија која ја продававме на странските агенции. Но, ништо не може да се спореди со настаните од конфликтот. Настани како оној во Танушевци кога директно се пукаше на нас и кога со лазење помеѓу дрвата некако се довлечкавме до караулата. Настани како оној кога упаднав заедно со демонстрантите кои го демолираа Собранието. И настани како оној кога ме врзаа и сакаа да ме притворат во подрум во Прилеп бидејќи сум фотографирал како ја палат џамијата. И сам не знам
www.kapital.mk
Капитал број 796 30.01.2015
50
нА РУЧЕК СО...
Уште како мал забележав дека моите фотографии се подобри или барем поразлични од другите колку пати ми е запретено со кршење на камерата, но ете некако најдов начин да ја зачувам и нејзе и себе цели дваесет години“. Награда за ваквите негови преземени ризици е и професионалното ангажирање во една од најпрестижните новински агенции во светот, Франспрес за која работи цели десет години и за која вели дека му отворила многу видици. „Објективно ако не бев дел од мрежата на Франспрес многу тешко моите фотографии ќе излезеа во Њујорк Тајмс, Вашингтон Пост и другите значајни светски медиуми. Едноставно агенциската работа ти наметнува нови стандарди кои бараат постојано да се наградуваш и да се трудиш барем да си приближно добар како твоите колеги кои сликаат на клучните светски настани. Тоа не е лесно особено на почетокот, но еве јас успевам толку години да се одржам на сцената“.
Фотографијата ни назадува паралелно со новинарството
Во врска со актуелните состојби во македонското новинарство , Атанасовски е дециден дека целиот сектор и професија во моментов се соочува со тотално назадување. „Не е дека нема што да се фотографира или што да се пишува. Проблем е што самите уредници сакаат бенигни текстови и исто такви бенигни фотографии. Не е мое да коментирам, но тоа е веројатно последица на се по изразената државна контрола на медиумите. Сега новинар или фотограф за да извади нешто навистина добро треба да копа длабоко, толку длабоко што веројатно ќе си најде само бељата. Јас лично новинарството го сфаќам како око на јавноста. Тоа што обичните луѓе не можат да видат, ние мора да им го дадеме. Единствен начин животот да станe подобар и поедноставен е ако новинарството е коректор на секоја грешка на власта. Ако не е така, ниеден проблем долгорочно нема да се реши,
За лајфстајлот на секој фотограф, неопходно е големо разбирање од семејство
Многу пати ми се заканувале дека ќе ми ја скршат камерата, но ете дваесет години ја одржав цела
ЗА ФОТОГРАФИЈАТАТА Аналогната фотографија за мене се уште е подобра од дигиталната. Разликата е како помеѓу грамофонска плоча и ЦД. Грамофонската плоча се уште има поубав звук од новите технологии затоа што има почист аналоген запис и понеисфилтриран и потопол звук. Истото се однесува и за аналогната фотографија која се уште е поубава од дигиталната. Таа има поголем распон на нијанси и бои, и помал филтер додека стигне до весникот. Иако јас бев меѓу првите кој уште во 2003 година доби дигитална камера се до 2007-2008 година кога ќе одев на одмор со сопругата и ќерката сликав со аналоген апарат. Дома се уште го чувам Канон Еос 1 РС, последниот крик на технологијата на аналогните апарати. бидејќи никаде во светот тие што се таму горе не се соочуваат со проблемите на нас тука долу“. Паралелно или можеби како последица на општите трендови во новинарството се јавува и тотална депрофесионализација на еснафот. Квалитетните кадри бегаат во други постабилни и повеќе платени професии, а нив ги заменуваат тотални аматери. Атанасовски предупредува дека ова може да остави долготрајни последици врз довербата на читателите и пошироката јавност кон оваа професија. „Ако нешто може да го уништи односот кон фотографијата на обичните луѓе и оние конзументите на новинарството тоа се тие шарлатани кои работат по порталите. Треба да расчистиме дека и најдобриот новинар многу тешко може да направи макар коректна фотографија,
а да не зборуваме за случаен минувач. Се лажат тие сопственици на медиуми кои се потпираат на ваквата крајно непрофесионална практика. Сумата која ќе ја заштедат на ангажирање професионалец ќе ја платат со помалата читаност. Точно е дека на некој настан и случување професионалниот фотограф и некој кој слика со мобилен ќе имаат слична фотографија која можеби и може да поминe на непрофесионалните портали. Но, работата на фотографот е многу покомплицирана и креативна. Тој многу често треба самиот да создаде приказна, да улови емоција и да предизвика ефект со таа фотографија. Аматерите го сфаќаат мобилниот или евтиниот апарат со кој сликаат како алатка за пополнување на простор на сајтот. Јас мојот апарат го сфаќам како перо со кое пишувам приказна“. nnn
®
заштитени трговски марки на Макпрогрес доо, Виница