797 kapital magazin

Page 1

cover story

домашните бизнис почетоци меѓу сонот и јавето! каде сме?

анализа

Какво фајде имаат извозните компании од економските промотори?

балкан

Србите во паника! Хрватите ги купија најголемите српски брендови

број 797 цена 100 ден. | 6 февруари, 2015, петок | година 16

www.kapital.mk

МАГАЗИН ЗА БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Странските инвеститори

го живнаа осигурувањето на бизнисот

Европа ja чека

домино-ефект

на Сириза

Јанис Варуфакис новото лице на грчката криза

Марксист кој ќе го спасува капитализмот



Интегрален кекс


www.kapital.mk

Капитал број 797 06.02.2015

4

содржина

05 КапиталНО Биљана Здравковска Стојчевска Бизнисот во заложништво

08 cover story

Колку сме блиску до своите “Angry Birds“ и “Talking Tom? Домашните стартапи меѓу сонот и јавето!

14 патот напред

„Јас. И никој мој ...„!?

22 Company Profile

Металпромет Радовиш компанија за производство на метална галантерија

И мали домашни фирми можат да извезуваат за светски брендови

26 Специјален прилог

Осигурување Странските инвеститори го живнаа осигурување на бизнисот

34 човечки ресурси

Јоанис Папаконстантину

16 анализa

Капитал анализира Какво фајде имаат извозните компании од економските промотори?

18 Интервју

Горан Цивкароски Регионален Консултант на Pedersen & Partners

Mind Executives, Солун

Како квалитетно да ги мотивирате своите вработени?

Стартапски маки големи

Креативност имаат, знаење имаат, добри идеи не фалат, исто така. Што фали за македонските стартапи, претежно од ИТ секторот, да ги достигнат светските височини на нивните колеги од една Финска, САД, но и Словенија, Хрватска и Србија? Најпрво, инјекција од кеш, едно 100 илјади евра најмалку, за да ги доразвијат своите продукти како што треба, и да ги претстават на светските стартап конференции. XX Стр. 08

08

Добри менаџери има, прашање е дали сакаш да ги најдеш!

Осигурување

Со раст од околу 6% минатата година, осигурителниот пазар и понатаму важи за недоволно развиен, особено ако се знае дека половина од бизнисот осигурителните друштва го прават со задолжителното осигурување од автоодговорност. XX Стр. 26

36 балкан бизнис и политика Јанис Вафуфакис, новото лице на грчката криза Марксист кој ќе го спасува капитализмот

40 балкан бизнис и политика Србите во паника. Хрватите ги купија најголемите српски брендови

42 Свет бизнис и политика Успехот на Ципрас и отвара пат на левицата Европа ja чека домино-ефект на Сириза

Ловец на менаџери “Ловец на менаџерски глави“ или headhunter (хедхантер) е неформалниот назив за професионалците кои што во име на своите клиенти, компании, пронаоѓаат соодветни менаџерски кадри на пазарот. Зборувавме со Горан Цивкароски, регионален консултант на Pedersen & Partners, водечка светска компанија во овој бизнис, за тоа како изгледа потрагата по квалитетни менаџери во Македонија.

XX Стр. 18

45 Технологија и бизнис Битка на титаните Мајкрософт спрема силен удар на Гугл

46 CEO Profile

Домино-ефект

Европа стравува дека ако му овозможи евентуален успех на Алексис Ципрас, доволен за да ја оправда довербата добиена на изборите во Грција, тоа може да падне на следното, шпанското домино, и така натаму, кон Брисел, од каде што ќе се бара истото што го добиле Грците.

XX Стр. 42

Франк Апел Deutsche Post

Научник во менаџерските води

48 на ручек со...

Мирче Адамчески новинар

Желбата за контрола на медиумите е поголема од се

18

Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул.Партизански одреди бр. 17-1/16 l П. ФАХ 503, 1000 Скопје l Основач и директор: Љупчо Зиков l Одговорен уредник: Биљана Здравковска Стојчевска Печати: Графички центар Скопје, ул. Скупи бб, 1000 Скопје l Тираж: 3.000 примероци l Датум на печатење: 05.02.2015


www.kapital.mk

Капитал број 797 06.02.2015

Капитално

5

Бизнисот во заложништво

Биљана Здравковска Стојчевска biljana.zdravkovska@kapital.mk Она што е најпоразувачки е што за овие 23 години независност Македонија не покажа ни основен нагон да изгради силна и стабилна економија. Во овие две децении немаше ниту еден нормален циклус во кој бизнисот ќе може мирно да одработи барем пет години, без да има политички упади и шокови. Пресметките на Капитал покажуваат дека во овие две децении независност македонските граѓани излегувале дури 13 пари на избори. Тоа му доаѓа во просек на секоја една и пол година во Македонија имало избори. Па која економија тоа може да го издржи? Каква е таа политичка и економска неодговорност?

Н

Не треба да се имаат големи аналитички способности за да се предвиди дека најавите и обвинувањата на пуч и бомби ќе ја одведат Македонија во длабока политичка криза. Како ќе заврши оваа политичка и институционална криза допрва ќе видиме. Но, повеќе од извесно е дека Македонија годинава ќе мора да има уште едни предвремени избори. Во вакви услови на неизвесност, кога двете најголеми политички партии ја имаат ставено во заложништво целата нација, која хипнотизирано ја чека разврската од нивната партија руски рулет, бизнис не може да се води. Со вакви политички бомби кои доаѓаат секој ден од политичките кујни никој разумен бизнисмен не планира да почнува било какви поголеми инвестиции или развојни планови. Политичката нестабилност и неизвесност со која Македонија живее повеќе од 20 години веќе го истошти бизнисот и целата економија. Да прашате било кој бизнисмен кој е

подолго на македонската бизнис сцена ќе ви каже дека никогаш немало добар период за водење бизнис во Македонија. Од поделбата на Југославија, преку бегалската криза, девалвација, воен конфликт, воен данок...Премногу често Македонија во изминативе дваесет години е ставена во ситуации да се биде или не, во кои бизнисот секогаш бил заложник на некои повисоки и поважни политички цели. И теоретски и практично е докажано дека земји како Македонија со висока невработеност и континуирана политичка нестабилност, не може економски да се развиваат и имаат највисок ризик за банкрот. Пример има еден куп почнувајќи од Босна и Херцеговина, Аргентина и другите латиноамерикански земји, повеќето африкански земји... Она што е најпоразувачки е што за овие 23 години независност Македонија не покажа ни основен нагон да изгради силна и стабилна економија. Во овие две децении немаше ниту еден нормален циклус во кој бизнисот ќе може мирно да одработи барем пет години, без да има политички упади и шокови. Во овие две децении независност македонските граѓани излегувале дури 13 пати на избори. Тоа му доаѓа во просек на секоја

една и пол година во Македонија имало избори. Па која економија тоа може да го издржи? Еве во просек за секој избори од буџетот се трошат по околу 4 милиони евра. Значи за овие 13 избори се потрошиле над 52 милиони евра само од буџетот. Но, тоа е само од буџетот. Ако на тоа се додадат и трошоците кои ги прават партиите за рекламирање, за објавување на билборди, за митинзи, трошоци со службени и партиски возила, трошокот сигурно би бил двојно поголем. Или на избори во овие две децении се потрошени најмалку 100 милиони евра. Прашање за друга анализа е што всушност избиравме во овие 23 години. Бидејќи за целиот период на власт се истите две партии. А државата наместо напред, оди назад. Македонија е веројатно една од ретките земји каде за период од седум години се одржуваат дури три предвремени парламентарни избори, а на сите избори победува истата владејачка партија. И тоа се случува за период во кој целиот свет е во економска криза. Која економија ја има Македонија за да може да го издржи тоа? Каква е таа политичка неодговорност кон економијата? nnn


www.kapital.mk

Капитал број 797 06.02.2015

6 НАВИГАТОР ИЗЈАВА НА неделата

Поплавени над 50.000 хектар

> БРОЈКА Европската унија е подготвена да се прилагоди за да и помогне на презадолжената Грција, но ги одбива сеопфатните измени како би ги задоволила барањата на новата влада во Атина

300

милиони евра извоз годишно во наредните 23 години најавуват од компанијата Еуромакс, концесионер на рудникот Иловица во Струмичко.

Жан Клод Јункер претседател на Европска комисија

победник на неделата

И

злеани реки, поплавени ниви, уништени посеви, блокирани патишта, оштетени куќи и целосно уништена покуќнина се само дел од подолгата листа на штети предизвикани од поплавите кои во моментов ја пустошат Македонија. Според некои проценки повеќе од 50.000 хектари обработливо земјиште во моментов се под вода, а со оглед на временските прилики не се очекува брзо санирање на состојбите. Најстрашно од се е што причините повторно делумно лежат кај човечкиот фактор, попрецизно кај надлежните институции,

Џорџ Сорос стана с на Млекара Битола?

Ивица Тодориќ

+

Ако бргу не се менуваме, нема да бидеме успешни“ е девизата за развојот на бизнисот на Ивица Тодориќ, сопственик на хрватскиот концерн Агрокор. Од агробизнисот каде што важи за лидер, Тодориќ најавува еден инвестициски маневар во современа онлајн платформа која што ќе ја нарече А007 (симболиката на овој број со тајниот агент Џемс Бонд засега е само предмет на нагаѓање), а ќе овозможува некој што ќе посака да оди во театар во Токио, овде да си купи билет. Тодориќ без претерување проценува дека во иднина, ова може да стане највреден дел од неговата компанија. Амбицијата на Агрокор кој во моментов прави приходи од продажба од осум милијарди евра, што е еквивалент на се што произведува целата македонска економија за една година (БДП), е да инкасира по 20 милијарди евра годишно. вели човекот што следната инвестиција во концернот Агрокор ја прави во онлајн платформа Претседателот на хрвтскиот концерн Агрокор, Ивица Тодориќ во интервју за словенечкиот весник Финанце изјави дека е неоходно компанијата да инвестира многу повеќе во технологија ако сака да фати приклучок со новите времиња. Агарокор во моментов остварува приход од околу осум милијарди евра, но нивната амбиција е наскоро да го зголеми приходите на 20 милијарди. За да ги совлада предизвиците што ги наметнува ерата на нови технологии, Тодориќ планира да именува претседател на Управата за информатика што ќе се погрижи компанијата да се прекрои така како што наложува 21 век.

пишува:

Оливер Трајчески

К

Oliver.trajceski@kapital.mk

Контроверзниот инвеститор и милијардер Џорџ Сорос ја купи Danube Foods Group во чија сопственост е и Млекара Битола, пишуваат српските медиуми.Како што соопштува српскиот портал Интермагазин, фирмата Mid Europa Partners, чиј што неофицијален сопственик наводно е Сорос, ја купи Danube Foods Group под

чија капа се српските компании Имлек, Млекарница Суботица, Бабми и Књаз Милош, односно млекарниците кои во составот на Имлек работат ширум Македонија, Црна Гора и Република Српска. Со тоа фондот Mid Europa ќе стане газда и на Млекара Битола, чиј газда досега беше српската млекара Имлек. Андреј Бабаче, директор на Mid Europа, изјави дека Danube Foods Group претставува силна платформа со значаен регионален потенцијал за проширување, нагласувајќи дека истата ги поседува некои од најпрепознатливите брендови за конзумирање во регионот. „Го очекуваме проширувањето на

капиталот, ресурсите и искуството, како што тоа успешно го направивме со нашите претходни инвестиции во регионот“, изјави Бабаче. Од Danube Foods Group велат дека со нетрпение чекаат да работат со тимот на овој инвестициски фонд, кој според нив, ќе ја предводи групацијата на едно повисоко скалило. „Ние сме задоволни да им посакаме добредојде на Mid Europa како силен и високо репутабилен инвестирот во Danube Group. Веруваме дека регионалното искуство на Mid Europa и фокусот кон најдобрите практики, ќе го олеснат успехот “, рече Слободан Петровиќ, генерален директор на Имлек. Робер Кнор, партнер на Фондот кој ги води


www.kapital.mk

Капитал број 797 06.02.2015

7

ри плодна земја

кои не нашле за сходно ниту оваа година до крај да ги исчистат одводните канали. „Повеќе од 10.000 хектари во моментов се под вода или се очекува да бидат поплавени само во Пелагонискиот регион. Јас не гледам што може да се направи кога на некои места зборуваме за повеќе од 2 метра длабока вода. Двете реки Шемшница и Црна буквално се споени на широчина од неколку десетици километри. Едноставно е доцна било што да се направи. Повторно човечкиот фактор преку неисчистените канали дополнително придонесе за поголеми ефекти од природната непогода“, вели Стевче Пивковски, градоначалник на Могила.

сопственик ?!

Фирмата Mid Europa Partners, чиј што неофицијален сопственик наводно е Сорос, ја купи Danube Foods Group под чија капа се српските компании Имлек, Млекарница Суботица, Бабми и Књаз Милош, односно млекарниците кои во составот на Имлек работат ширум Македонија, Црна Гора и Република Српска. инвестициите, потенцира дека со купувањето на Danube Foods Groups, продолжува инвестирањето на Mid Europa Partners во големите бизниси од регионот. „Danube Foods Group одлично се вклопува во стратегијата на фондот. Има единствено портфолио со брендови раширени низ регионот, кои што сакаме да ги подржиме преку капитални инвестиции. Mid Europa има одличен учинок на креирање вистински регионални лидери и сигурен сум дека нашата инвестиција ќе биде подеднакво успешна“, потенцира Кнор. Финансиските

податоци за трансакцијата се официјално не се обелоденати, но се очекува да бидат комплетирани во првата половина на 2015 година. Mid Europa Partners е еден од водечките инвестициски фондови фокусиран на Централна Европа и Турција, со седиште во Лондон и претставништва во Будимпешта, Истанбул и Варшава. Во изминатите години, фондот ги презеде чешки Т-mobile и „Ceske Radiokommunikace“, словенски LUX Med, полски „Centrum medyczne LIM“ и DISA, односно унгарскиот удел во водечкиот дански провајдер за фиксна телефонија Invitel. nnn

мисла на неделата

> БРОЈКА

7,9%

пораснал бројот на работниците во индустријата во декември 2014 година, во однос на декември 2013 година.

лидери

Она што треба да го знаат бизнисмените за бизнисот е дека тој не е создаден за да се ужива во него, туку напротив да потикнува на што повеќе работа

Карлос Слим мексикански милијардер

губитник на неделата

Јанг Јуанкинг

Леново ги надмина очекувањата на инвеститорите бележејќи раст на приходите од 31% по купувањето на Моторола

Сашо Наумовски

Прва компанија во Македонија која одлучи да ги намали цените по двојното поевтинување на нафтата

не им беше неделата

Марк Филдс

Чистата добивка на американскиот автомобилски гигант Форд се намалила до 52 милиони долари во четвртиот квартал

Владимир Путин

Руската економија и руските бизнисмени трпат се поголеми штети од затегнатата политичка состојба, а ефектите ги чувствуваат сите граѓани на Русија.

_

Јаким Неделков Според членството на СОНК претседателот Неделков сепак во последен момент потклекнал под притисоците на власта и ги одложи најавените масовни протести. „Одложување на казните и наградите на наставниците врз основа на екстерното тестирање с$ додека не се постигне договор, продолжување на преговорите за висината на платите“, се само дел од максималистичките барања за кои со месеци зборуваше самиот Неделков. А сепак на крај ги прифати како услов за прекинување на штрајкот. Не е ни чудо што од сите страни на Македонија од членството на СОНК стигнува едногласна и недвосмислена порака дека „членството на СОНК се чувствува изиграно“. „Преизбрзана одлука, манипулација, залажување, потклекнување на притисокот“ се само дел од коментарите со кои членството ја пропрати одлуката на Неделков. Познавачите на состојбите веќе почнаа да коментираат дека просфетарите со ваквата постапка на нивниот синдикален лидер испуштија одличен момент за да ги извојуваат правата кои ги бараа и кои им следуваат. Од друга страна, државата со ваквото делумно примирје успеа да си купи време во за нејзе многу специфична ситуација, за преговорите да може да ги продолжи после неколку месеци со консолидирани редови или позиции. Констатацијата е дека СОНК ја продолжува старата пракса на попустливост во клучните моменти и многу е веројатно дека со ваквиот потег Неделков и раководството ќе ја осуетат и онака намалената поддршка која ја уживаа во еснафот.


Капитал број 797 06.02.2015

8

www.kapital.mk

cover story

Колку сме блиску до своите “Angry Bird

домашните стартапи меѓу сонот и јавет

каде сме?


www.kapital.mk

ds“ и “Talking Tom?

у то!

Капитал број 797 06.02.2015

9 Креативност имаат, знаење имаат, добри идеи не фалат, исто така. Што фали за македонските стартапи, претежно од ИТ секторот, да ги достигнат светските височини на нивните колеги од една Финска, САД, но и Словенија, Хрватска и Србија? Најпрво, инјекција од кеш, едно 100 илјади евра најмалку, за да ги доразвијат своите продукти како што треба, и да ги претстават на светските стартап конференции. пишува:

К Игор Петровски

igor.petrovski@kapital.mk

Кога во 2012 и 2013 година Nokia отпушти 24.000 луѓе и го продаде својот бизнис со мобилни телефони на Microsoft, Финците рекоа дека се случи “Елопкалипса“, според името на тогашниот директор на Nokia, Стивен Елоп. Но, секое лошо за добро, како што рекол народот. Пропаѓањето на Nokia, доведе до вистинска експлозија на стартапи, бидејќи инженерите и техничарите што останаа без работа, беа толку добро квалификувани и искусни, што можеа сите да почнат свои бизниси. Првите две години на постЕлопкалипсата во Финска значеа прилично болен процес на прилагодување на новата ситуација. Но, профитабилните идеи и обилните фондови за нивно финансирање, повторно донесоа светлина во северот на Европа, што резултираше со повеќе продажби на стартапи за вртоглави суми. Google, на пример, минатото лето ја купи компанијата drawElements од Хелсинки, специјализирана за 3D графика за мобилни уреди, за осумцифрена сума. Facebook го купи Pryte, фински стартап, исто така во бизнисот со мобилни апликации, додека јапонската SoftBank плати 1,3

милијарди евра за 51% удел во стартапот за развивање игри за мобилни уреди Supercell, откако нејзините игри Clash of Clans и Hay Day, стигнаа до преку 8,5 милиони симнувања од интернет дневно и приходи од 800 милиони евра. А, конференцијата за стартапи што се одржува во Хелсинки, од почетните 300 учесници, стигна до повеќе од 10.000 минатата година. И да не го заборавиме веројатно најпознатиот светски успех на оваа финска стартап сцена, Angry Birds, која што од видео игра прерасна во светска индустрија, со франшизи како да е Walt Disney, и приходи од неколку милијарди долари годишно. Зошто почнуваме со ова финско искуство? И каква врска има тоа со македонската стартап сцена? Финска ја спомнуваме, затоа што, како релативно мала земја, го има еден од најуспешните концепти за поддршка на стартапите на планетава, поуспешен од многу поголеми и економски помоќни држави, а од кого што може да научиме нешто и да го примениме во Македонија. Силиконската долина во САД како своевиден огромен акцелератор на високотехнолошки стартапи е посебна приказна што ќе ја анализираме дополнително во друга прилика.

Љубљана, Загреб и Белград ги лансираа своите планетарни херои

Успехот на финските стартапи што на крајот се продале на големи пазарни играчи не се должи само на добра идеја и луда среќа. Финска е членка на ЕУ, високоразвиена земја, со голема традиција во технолошкиот сектор, која што со децении својата економска моќ ја темелеше во голема мера токму на Nokia. Пристапот до изворите за финансирање


www.kapital.mk

Капитал број 797 06.02.2015

10

cover story Глигор Дачевски

Бранко Трајковски

чеството во големите европски акцелератори, како лондонскиот Seedcamp каде што бевме ние ви ги зголемува шансите да направите светски успех. Таму се движат огромен број инвеститори, доста од нив и самите успешни претприемачи, кои сега се во потрага по добра бизнис идеја. Но, патот до тие акцелератори не е лесен, скапо е да се стигне таму, конкуренцијата е огромна, мал процент од апликациите се примаат, итн.

акедонските стартапи се премногу окупирани со дневни активности, како обезбедување плата и сл., и не може да посветат доволно енергија и време за развивање на своите продукти и нивно меѓународно претставување. Но, без посериозен капитал кој што нема да го ‘јадете’ за тековни потреби, туку ќе можете целосно да го потрошите на развој, маркетинг, ПР и сл., невозможно е да постигнете успех од светски размери.

DoxBee

У

на стартапи, како што се венчр капитал фондовите, мрежите на бизнис ангели, е многу поразвиен од оној во Македонија. Но, и покрај тоа, на стартапите во Финска обилно им помага и самата држава. Државното финансирање на истражувањето и развојот е уште еден нераскинлив дел од успехот на нивните хај-тек стартапи. Финска е трета во Европа, според износите што ги одвојува за оваа цел, после В.Британија и Франција. Tekes, државниот фонд за финансирање истражување и развој, располага со 550 милиони евра годишен буџет. Постојат и инкубатори, како оној при Аалто универзитетот во Хелсинки, моделиран според истражувачките центри на Google, од кого што од 2010 наваму, околу 130 стартапи успешно “се испилиле“. И секако, високо ценетиот во светски рамки Vigo акцелератор, основан од финското Министерство за економија, кој што ги следи моделите на Сингапур и Израел, со тоа што на стартапските ментори им дава можност да имаат финансиски удел во тие компании. Некој ќе рече, далеку е Финска од нас, да не се занесуваме многу. Но, еве

Bransys

М

Dox Bee: “Преговараме со компании о

Г

лигор Дачевски е еден од оние претприемачи што успеал да направи некаков продор на светскиот пазар со апликацијата Sporty Pal, што ја развил неговиот стартап Creation Pal, која што се продава и на App Store. Претходно познат и како еден од основачите на една од најголемите македонски информатички фирми Seavus, тој сега е во нов претприемачки обид. Со стартапот Dox да одиме појужно, тука, поблиску до нас. Голем број Македонци, особено оние што имаат мали дечиња, веројатно ја знаат фамозната апликација за мобилен телефон, со мачето Talking Tom, која што го збудале светот и сега има десетици милиони корисници во текот на еден ден. Компанијата што ја разви оваа апликација, Outfit7, не доаѓа од Финска, туку од Словенија. Неколку здружени претприемачи пред 4-5 години направија стартап што денес е проценет на преку една милијарда евра, а основачите станаа најбогатите луѓе во Словенија,

Bee, тој разви софтвер за менаџирање со документи, кој што функционира во “облак“ – cloud, како и светски познатиот Dropbox, со тоа што, како што вели Дачевски, нивниот продукт има уште поусовршени решенија. Софтверот е веќе продаден на неколку клиенти од земјава, а во моментот тимот на Dox Bee се бори за негова меѓународна промоција. Признание за тоа дека нивниот продукт има голем па и во регионот. Малку понаисток, во Загреб, работи Nanobit, стартап што креира исто така видео игри, т.н. casual игри, и лани беше меѓу 200-те најпрофитабилни компании на светот според заработувачка на Apple Store. Тоа значи дека од своите десетина игри, младите дечки од Nanobit, речиси вчера излезени од факултет, заработуваат повеќе од милион долари годишно. Сè уште се многу далеку од успехот на словенечкиот Outfit7, но според тоа што го постигнале до сега, ако нешто воопшто во Хрватска може и смее да се споредува

потенцијал, стигна и од бизнис акцелераторот Seedcamp, еден од најголемите во Европа, каде што лани Dox Bee влезе како прв македонски стартап кому тоа му успеало. “Она што на македонските стартапи им фали се пари за развој, ПР, маркетинг, но и менторство за како сето тоа да се направи квалитетно. Во Лондон се сретнавме со искусни луѓе од повеќе области со молскавичниот успех на глобалните ИТ компании, тогаш е тоа Nanobit, велат хрватските медиуми. Сега да одиме уште поблиску до нас, во Белград. Од таму пак, на светскиот пазар на игри наменети за корисниците на социјални мрежи, растур прави Nordeus, компанија формирана од поранешни вработени на Microsoft, која што има канцеларии и во Даблин, Сан Франциско и Скопје. Нивниот приход во 2013 година е преку 64 милиони евра и во моментов е една од најбрзорастечките фирми за компјутерски игри во Европа. Значи,


www.kapital.mk

Капитал број 797 06.02.2015

11 Нино Карас Codewell

1

милијарда евра веќе изнесува вредноста на словенечкиот стартап што ја лансираше апликацијата Talking Tom пред 4 години

М

ногу би било полесно доколку во Македонија како на Запад постојат бизнис ангели и ‘венчр’ капитал фондови со чија што финансиска поддршка од некои 100-200 илјади евра ќе можеме година две да работиме без главоболки. Вака цело време жонглираме – мораме да работиме аутсорсинг за да преживееме – на нашите сопствени продукти им треба уште време за да носат пари.

100-200

илјади евра е минималниот капитал потребен за ИТ стартап од Македонија да развие продукт со потенцијал за светски успех

од Силиконската долина“ – од инженери, маркетинг специјалисти, па сè до адвокати од кои што добивме совети околу правните аспекти за заштита на нашиот производ, затоа што ние имаме вградено и неколку патенти во него“, ни рече Дачевски. Тој вели дека во моментов преговараат со компании директно од Силиконската долина, каде што е најразвиената технолошка стартап сцена, за евентуално преземање на компанијата, влегување

со удел и сл. Нивната цел е да го пласираат софтверот на британскиот и американскиот пазар. Уште една пречка што тој ја истакнува за македонските стартапи, барем според неговото искуство, е ограничената можност да провери како функционираат неговите производи, прво на домашниот пазар. “Малиот пазар си го прави своето. Мене отсекогаш ми било проблем продуктите што ги развивам да

соништата за повторување на планетарниот успех на финските, американските, израелските и сите други стартапи, и не мора да бидат само пусти соништа на фирмите од овие простори. Светот е денеска толку многу глобализиран и онлајн поврзан, што една мобилна игра, софтвер, паметен термометар или било каков креативен продукт може да ве лансира во светот на милионерите (а, богами и

милијардерите) што се вели, преку ноќ. Арно ама...

Македонските стартапи тешко излегуваат надвор

Арно ама, да се префрлиме сега на наша македонска стартап почва. Оние што подобро ја познаваат стартап сцената (која што обично по дифолт се врзува со ИТ компании, иако не мора да е секогаш така) знаат дека и ние “коњи за трка имаме“.

можам да ги проверам како функционира на домашниот пазар. А тоа е потребно за да знам Постојат компани кои што прилично успешно развиваат мобилни апликации, видео игри, софтверски решенија за различни намени, или пак работат само аутсорсинг за странски софтверски куќи, остваруваат и одлични профити за македонски прилики. Нивниот успех е релативно непознат за пошироката јавност, нивните основачи не се “селебрити“ што се сликаат по телевизии и лајфстајл списанија, си

што треба да корегирам, додадам, одземам, пред да го подготвувам за странските пазари“. функционираат прилично low profile, а некои од нив веќе се сериозни фирми што вработуваат и по 100-200 луѓе. Но, сепак, досега не сме чуле некоја од овие фирми да направи ниту приближно нешто налик на успехот на оние фирми од регионот што претходно ги спомнавме. Од друга страна, постојат стартапи кои што се во различна фаза на развој на својата идеја до комерцијален продукт, кои што според


www.kapital.mk

Капитал број 797 06.02.2015

cover story

оценките на многумина имаат одлична замисла, но многу нешто фали на патот до планетарниот успех. “Не гледам зошто не би излегла од Македонија приказна налик на Uber, Nest, Angry Birds и останатите стартап продукти што станаа мултимилијардерски бизниси. Можеби не во тој обем на финансиска вредност, но доволно многу за регионални, па и европски прилики. Проблемот е само што македонските стартапи тешко може да излезат надвор и да присуствуваат на сцените каде што се врткаат венчр капитал инвеститорите, ангелите инвеститори и сл. A, без посериозен капитал од 100-500.000 евра во зависност од пазарот и типот на производот, тешко може да сметате на меѓународно претставување на вашата идеја или продукт, вели Бранко Трајковски сопственик на софтверската фирма Bransys, веќе 6-7 години, која што развива

системи за менаџирање со флоти на возила во такси компаниите, логистиката, транспортот. Според него, македонските стартапи се премногу окупирани со дневни активности, како обезбедување плата и сл., и не може да посветат доволно енергија и време за развивање на своите продукти и нивно меѓународно претставување. “Треба некоја луда среќа па да се случи некој продукт да тргне вирално и да го доживее успехот на апликацијата Talking Tom на Словенците Outfit7. Зарем тие сонуваа дека нивната компанија денес ќе вреди преку една милијарда евра?! Но, без посериозен капитал кој што нема да го ‘јадете’ за тековни потреби, туку ќе можете целосно да го потрошите на развој, маркетинг, ПР и сл., речиси е невозможно да постигнете успех од тие размери“, смета Трајковски.

ǮǰȀǼ ǺǼǯǶǹ

ˌʽʿʰʻʧ

ɅȿɌɍȼȺȵȿ

ˌʶʽ ʸʤˀʰʻʤ

ǯdzǵ ɧɚɞɨ

ɊȿɎɂ ɇȺɇɋɂ ɊȺȵȿ ɇȺ ɄɊȿȾɂ Ɍɂ

ˀʫʻʽʦʰˀʤʼʫ

ɅȿɌɍȼȺȵȿ ʤʦ˃ʽʺʽʥʰʸ

Бела Техника

ɦɟɫɬ

Ǻdzǯdzǹ

ʤʦ˃ʽʺʽʥʰʸ

ʺʫʥʫʸ ǯȓșȎ ȠȓȣțȖȘȎ

ˌʶʽʸʤˀʰ ʻʤ

ʤʶˉʰ:ʤ

ǹdz Ȁȁ ʺʫ ǰǮ ʥʫʸ ǩdz ʥʫʸʤ

˃ʫˈ ɩɨɞɚɪɨɰɢ ʻʰ ȆǼǽǶǻDZ ʶʤ ˀʫʻʽʦʰˀʤʼʫ ʿʽʪʤˀʽˉʰ

ʤʦ˃ʽʺʽʥʰʸ

ˀʫˇʰʻʤʻˁʰˀʤʼʫ ʻʤ ʶˀʫʪʰ˃ʰ

ɅȿɌɍ Ǻdz ȼȺȵȿ ǯdzǹ ˌʶʽʸʤˀʰʻʤ

ˀʫʻʽʦʰˀʤʼʫ ǽȜȒȎȞȜȤȖ

ɊȿɎɂ ʤʦ˃ʽʺʽʥʰʸ ɇȺɇɋɂɊȺ ˀʫʻʽʦʰˀʤʼʫ ȵȿ ɇȺ Бела ɄɊȿȾɂɌɂ Техника ʺʫʥʫʸ ɩɨɞɚɪɨɰɢ

ǾdzǻǼǰǶǾǮǩdz

ɅȿɌɍȼȺȵȿ

ɉɪ Ɇɟɫɟɱɧɚɬɚ ɪɚɬɚ ɢɡɧɟɫɭɜɚ ɞɟɧɚɪɢ ɡɚ ɤɪɟɞɢɬ ɞɟɧɚɪɢ ɫɨ ɪɨɤ ɧɚ ɨɬɩɥɚɬɚ ɝɨɞɢɧɢ ɢ ɫɨ ɮɢɤɫɧɚ ɤɚɦɚɬɧɚ ɫɬɚɩɤɚ ɧɚ ɝɨɞɢɲɧɨ ɧɢɜɨ ɡɚ ɩɪɜɚɬɚ ɝɨɞɢɧɚ Ɂɚ ɨɫɬɚɧɚɬɢɨɬ ɩɟɪɢɨɞ ɤɚɦɚɬɧɚɬɚ ɫɬɚɩɤɚ ɟ ɩɪɨɦɟɧɥɢɜɚ ɢ ɜɨ ɦɨɦɟɧɬɨɬ ɢɡɧɟɫɭɜɚ ɩɪɢ ɲɬɨ ɦɟɫɟɱɧɚɬɚ ɪɚɬɚ ɢɡɧɟɫɭɜɚ ɞɟɧɚɪɢ ɋɨ ɟɞɧɨɤɪɚɬɧɢɨɬ ɚɩɥɢɤɚɬɢɜɟɧ ɬɪɨɲɨɤ ɞɟɧɚɪɢ ɋȼɌ ɢɡɧɟɫɭɜɚ ɧɚ ɝɨɞɢɲɧɨ ɧɢɜɨ ɈɜɢH ɭɫɥɨɜɢ ɜɚɠɚɬ ɡɚ ɤɥɢɟɧɬɢ ɜɪɚɛɨɬɟɧɢ ɜɨ ȳȺ ɢ ȺȾ ɫɨ ɩɥɚɬɚ ɩɪɟɤɭ ɍɇɂȻɚɧɤɚ ɨɞ ɞɨ ɝɨɞ

ǸǾdzDzǶȀǼȀ

ʸʫ˃˄ʦʤʼʫ

ɲɨɩɢɧɝ Бела Техника

ǮǰȀǼǺǼǯǶǹ ȦȜȝȖțȑ

ǽǼ DzǮ ǾǼ ȄǶ

ɧɚɞɨ ɦɟɫɬ

ˌʶʽʸʤˀʰʻʤ

ʺʫʥʫʸ

ʺʫʥʫʸ

Еден од домашните стартапи кои што имаат амбиции за светски успех е и CodeWell, за кого што Капитал пишуваше неодамна. Нино Карас и Мартин Анчевски, младите софтверски инженери, велат дека имаат апликација за светот, МаркО, која според нив има голем потенцијал да расте, јасно се одвојува од конкуренцијата пополнувајќи една дупка во функционирањето на апликациите од to-do категоријата. Апликацијата ја опишуваат како “паметен ортак“ кој можете да го вселите во вашиот Андроид смартфон, а кој во вистинско време и на вистинско место ќе ви ја понуди својата помош при извршувањето на вашите задачи. “Сакаме да излеземе со сопствен производ што ќе го пласираме на глобалниот пазар. Многу би било полесно доколку во Македонија како на Запад постојат бизнис

ангели, „венчр“ капитал фондови (venture capital – фондови коишто влегуваат во почетна или во рана фаза од развојот на еден стартап), кои ќе дојдат и ќе ‘искешираат’ 200.000 евра, и ќе можеме година-две да работиме без главоболки. Вака цело време жонглираме – мораме да работиме аусорсинг за да преживееме – на нашите сопствени продукти им треба уште време за да носат пари – дури и Твитер сеуште не носи пари“, велат дечките од CodeWell. Според нив аутсорсингот не е ништо друго, туку лонсистем, како во текстилот. „Само што во текстилот е трудоинтензивно, а овде е поинтелектуално. Но, сепак се работи за систем – напиши ми го кодот и врати ми го, како што во текстилот ти носат платно, копче и конец, за само да ги сошиеш. Работата е да направиш продукт што ќе го продадеш, а не некој да ги земе големите пари, а ти ситнуријата“. nnn

ǯdzǵ

ʿʽ˃ˀʽˌ˄ʦʤˋʶʰ ʶˀʫʪʰ˃ ǽǼ DzǮ ǾǼ ȄǶ

Работат аусторсинг за да преживеат

ɁȺ ɈȾɈȻɊɍȼȺȵȿ ɇȺ

12

ǾdzȂǶǻǮǻǿǶǾǮǩdz ǻǮ ǸǾdzDzǶȀǶ

ˌʽʿʰʻʧ


СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

27

ФЕВРУАРИ 2015

БАНКИТЕ И БИЗНИСОТ  Кои банки најмногу ги кредитираат фирмите и граѓаните?

 Како да ја убедите банката полесно да ви одобри кредит?

 Какви кредити ќе бараат најмногу фирмите?

 Како банките го кредитираат извозот?

 Банкарите предвидуваат-кои се бизнисите кои ќе го носат кредитниот раст оваа година?

 Почнува проектно финансирање – што значи и какви проекти бараат банките?

Повеќе информации во врска со прилогот и за претставување во истиот можете да добиете на е-маил gordana.mihajlovska@kapital.mk или на телефонскиот број 023298111

ЛИЦE ЗА КОНТАКТ:

ГОРДАНА МИХАЈЛОВСКА

1. Zagreb, 2014

3. Saraevo, 2014

4. Belgrad, 2015 hotel Crown Plaza 26. - 27. mart

Поврзуваме бизнисмени, медиуми, информации и можности во повеќе од 6 држави

5. Skopje, 2015

hotel Aleksandar Palace 18 -19. juni

2. Budva, 2014

Prijateli na Biznis Plus:

6. Istanbul, esen 2015

Повеќе на регионалниот деловен портал www.biznis-plus.com


www.kapital.mk

Капитал број 797 06.02.2015

14

патот напред

"Јас. И никој мој ..."!?

Љупчо Зиков

M ljupco.zikov@kapital.mk http://www.facebook.com/ljupco.zikov

1.

Мојата проценка е дека додека излезе овој број на Капитал од печат „бомбата„ на Заев се уште нема да биде експлодирана. Носам наивно чувство дека, ако лидерот на СДСМ чекал толку месеци со бомбата со изваден осигурач, може да почека барем уште еден ден да кажам нешто важно врзано со овој мачен случај во оваа јадна и напатена наша „држава во џебно издање„! Деновиве изјава за овој случај од мене побараа три телевизии и два весника и пет портали ... Не дадов никаде изјава затоа што бојкотирам. Мојата дилема е основана, дека некој сериозно размислува како излезно решение од оваа ситуација да ги воведе медиумите во лош филм очите да си ги извадат меѓу себе бранејќи ги двата двора како кучиња чувари ... Во стилот на онаа табла на оградата „Пази пас уједа ...„ Им одговорив на овие колеги од македонските медиуми дека мојот став за случајот ќе го слушнат дури откако ќе експлодира бомбата на Заев и СДСМ. Затоа што самата приказна за бомбата

како таква, а не експлодирана, не е моја приказна, расправата за неа, а уште неексплодирана, може да биде само уште една сапуница во која некој сака кавги и поделби, а целата оваа драма да заврши со одговорноста на медиумите за тоа што објавиле „невистина„ или невистина!? Не може така ... Затоа мојот одговор е дека Капитал, и јас лично, за бомбата ќе се изјасниме откако ќе ја слушнеме како експлодирала ... и што ќе се разлета од неа. Тоа ќе биде нашата тема ...!? И откако „ќе ги преброиме мртвите„ се разбира. Оти ова не е наша приказна. Ова не е приказна на мојата генерација, на моите колеги и пријатели. Затоа повелете вие раскажувајте... Јас ќе слушам. На оние медиуми и новинари, пак, кои веќе влегоа во арената, и си ја земаа улогата на гладијатори од двете страни (повеќе од нив едноставно мораат сега да одработат) и кои „први професионално ќе погинат„ еден ден во блиската иднина топло им порачувам една реплика од Тијаниќ, во наведената книга: „Непристојната политика фабрикува непристојни медиуми, жолтата политика размножува жолти новинари, лажливи политичари множи и произведува лажни новинари, затупена сериозност на политичари генерира затупена сериозност на новинари, кога ликови со слаб вид водат, малоумни следат. Или обратно. Што е тука нејасно? Драги мои читатели на Капитал ... Нашата поранешна држава СФР Југославија постоеше од 1945 до 1990 година кога се распадна на еден екстремно крвав начин незабележан во поновата европска и светска историја. Таа постоеше рамно 45 години. Она што во светската историја ќе остане засекогаш впечатливо напишано е што зенитот на својот општествен и економски развој таа Југославија го достигнуваше во шеесетите и првата половина на седумдесеттите години, отприлика на 25 годишнината на нејзиното постоење...!? Колку што е денес Република Македонија. Оти Македонија во временската отсечка на постоење на Југославија сега е некаде во 1970 година. Кога и јас и мојата денешна генерација сме се родиле... Ајде сега да ја споредиме Југославија од тоа време, и Македонија од ова време...?! Што правиме ние денес? Која е нашата приказна? Каде одиме? Знаеме ли што сакаме да му порачаме, со нашето постоење, на овој денешен свет во 21 век? Која е смислата на живеење и работење овде ...? Зошто ние денес треба да ја сакаме и да бидеме патриоти за оваа и ваква Македонија? Зошто дозволивме овие политички елити, од едната и другата партиска страна, македонски и албански, да создадат две македонски нации!?! Едната мнозинска, но немоќна нација, која искрено сака Македонија да постои поради сите нас

во неа од сите сорти, и другата која ја владеат стотина политичари и други ликови од две бои (нијанса од црвено, но во душа некоја архаична мутирана сорта на црвена буржоазија) која е отпорна на се што е прогресивно, и која очигледно сака Македонија да умре само поради каприцот на неколкуте лидери кои веруваат дека се тие поголеми од Македонија...!?

2.

Еден мудрец вака кажал:„Џабе Господе што не смести овде. Се што е твое е ремек дело. Тоа што е наше е ремек дело ... на наш начин ... дело на купче будали. Каде уште, Господе, на овој континент, политичките и другите елити се производ на среќно, богато, глупаво, себично и злобно стекнато богатство. Каде уште на овој континент, Господе боже, вистината претставува прашање на моќ. Каде е уште, како овде, разбиена взаемна граѓанска поврзаност ... каде е уште, како овде, разбиена свеста за заедничката судбина...„!? Еве еден пример за македонската валкана и перверзна стварност .... Хроничарите во овие 25 години независност забележале дека еден од ретките национални и државни консензуси, и договори меѓу сите партии – и македонски и албански и други е направен во македонскиот Парламент, и во моменти кога сите 120 пратеници се држеа цврсто за рака, и тоа бедно и егоистично... се законите кои ги штитат вработените во јавната администрација, владините агенции, самата Влада, јавните претпријатија, каде се напикани сите „мој до мој„ на монополистите на политичката сцена ... Исто и законите за надоместоци и бенефиции на пратениците... Што повеќе да се каже. Пониско и понеискрено нема. За овие прашања сите тие таму на другата страна од „линијата на разграничување„ со народот и демократската јавност, си се договориле да основаат своја каста, своја планета! 25 години рај. Таму владее друг економски систем, таму денарот има друга вредност. Таму не е тема увозот и извозот, инвестициите и вработеноста, платите на граѓаните и степенот на сиромаштија, таму нема социјални случаи оти едноставно тие спасија кожа... Таму, во тој свет на тендери, кеш, моќ и разврат не е важно што рестото македонски луѓе, кое во себе носи горко чувство оти станал троскот во сопствената бавча, се иселува некаде далеку носејќи го со себе и чувство на одвратност за изгубеното време во животот во илузии дека ова еден ден ќе стане држава!? Па така на скандалите со расипнички потрошените пари на некои пратеници, некој „мрсимуд„ од Собранието на РМ, без трошка чувство на одговорност


www.kapital.mk

Капитал број 797 06.02.2015

15 Александар Тијаниќ, долгогодишниот директор на Радио телевизија Србија, во својата брилијантна книга "Ја. И нико мој ...", објавена непосредно по неговата смрт, пред две години, опишувајќи ги како инсајдер, двете децении по распадот на СФРЈ, во кои тој имаше на моменти и контроверзна улога, особено во ерата на Слободан Милошевиќ во воведот напиша: „Лордовите на мафијата, носителите на државните функции и сопствениците на капиталот од приватизацијата, оној невидлив Управен Одбор на Србија – половината олоши кои тргнаа со амбиции да бидат Џон Кенеди, а завршија во костумот на Дон Корлеоне, а другата половина од нив кои почнаа како Дон Корлеоне, а со амбиции да бидат Џон Кенеди, таа ревија на „зли духови„ ја насочи Србија кон пропаст во овие повеќе од две децении по распадот на СФРЈ." Она што не го направи српската мудрост, ќе го направи – како и обично – српската немоќ!? Останувам без коментар на овие зборови на Тијаниќ...! седнал и напишал соопштение во кое ставил дека: Надоместоците и разните други трансфери биле законски, не биле ништо ново надоместоците на пратениците... Поинтелигентна промисла од одговорот произведен во главата што го срочила ова соопштение можеше да објасни дека – поентата не е дали „лапањето„ пари е законско или не, туку тоа што ова „лапање„ е штетно по општото здравје на нацијата ... Тоа е неморално и го поткопува јавниот интерес, и не е добар пример, за тоа како треба да се гледа на државата од секој поединец поединечно... Оти да го правиш ова, и на ваков начин, во услови кога се е „умрено околу вас„ тоа е најблаго кажано бездушно. Кој „ванземаљац„ ве креирал вас? Во кои и какви пластеници сте одгледани вие? Која реколта сте вие? Кога ќе ги намалите надоместоците и бенефициите за пратениците? Тоа е прашањето. Кога ќе се симнете на земја? Кога ќе почнете да укинувате бенефиции? За која завршена работа во општото постоење на Македонија во овие 25 години ги земате овие надоместоци? Во името на што? За ова ли за кое сме денес овде? Да не знаеме името да си кажеме, и утеха да ни е на доктор да добиеме „мој термин„ да се провериме дали сме таман ...!? Затоа, време е да покажете што вие воопшто знаете ...Вие, провладини и опозициски пратеници, поранешни и сегашни министри, директори на агенции и јавни претпријатија, советници и градоначалници, разни „глувци„ по владините ходници ... Еве ви еден многу фер предлог, длабоко човечки ... Покажете нешто што знаете... Еве со платите што ги земате, и со други приходи по разни основи, што како што велат „интелигентните„ во Собранието на РМ законски сте ги земале со години веќе две и пол децении, и со еден куп други пари, на црно, за кои јавноста ништо не знае, ниту во моментот има како релевантно да биде информирана, направете нешто добро за да јавноста види дека не се криете зад државата и нејзиниот финансиски потенција, демек многу придонесувате за неа (!?) ...

Направете нешто да видиме вистински колку „ви сече мозочето„. Не навлегувам овде како сте заработувале. Тоа еден убав ден во блиската иднина секако ќе се види ... Како што гледате, и слушате, времињата на нагли и драматични промени низ светот доаѓаат и се немилосрдни ... Затоа, ајде одважете се, осмелете се, и сите заработени пари, по сите основи, што сте ги заработиле на кој знае каков начин, а најмногу со чмаење низ ходниците, вложете ги во бизнис... во фабрики... Стекнатите станови, коли и куќи без многу работа, не баре сте ракометарите на Катар, како дар на оваа држава, вложете ги како хипотеки во банките и подигнете кредит за бизнисите што ќе ги отворите. Ништо не губите оти тие имоти и така без труд, и за џабе сте ги стекнале... Помислете само што сте биле пред да влезете во Парламентот и Владата ... За момент застанете и помислете ...!? Отворете мали фабрики ...Не мора големи. Вие не сте за големи приказни, вие сте за мали минијатурни басни... Вработете по 50 лица. Давајте плата, хонорари, плаќајте фирмарина, придонеси, даноци, казни ...Чекајте поврат на ДДВ ... Докажувајте од каде ви се приходите, отворајте акредитиви, молете кај банките кога не сте ликвидни, трошете лични кредитни картички за бизнисите оти немате во моментот добра наплата, продавајте домашно злато за да вложите во проектот на вашиот живот, борете се секојдневно со инспекциите, доживејте го стресот на неможност да поделиш плата, чувствувајте немир и помисла дека сте потенцијален криминалец затоа што друг има дискреционо право да ви стави лисици на раце кога сака, подигајте семејство во вакви околности и со такво чувство легнувајте и станувајте од спиење ... Бирајте партија за да опстанете и „пушете длабоко до грло„ за да сево ова помине глатко, ако помине... Ајде направете го тоа!? И за вас има „мој термин„ во болница секако... Или нема. Вие можете да платите за преку ред ... Или докторот ви доаѓа дома, оти мора, оти „ќе му ја скинат главата„ ако

не дојде! А? Ајде поранешни и сегашни пратеници и министри... Ве уверувам дека ќе имате бесплатни реклами во медиумите, за вашите фабрики и производи, и тоа пред се, како израз на длабоко сочувство од страна на македонската интелигенција која со децении ја презирате, за тежината на вашата нова социјална позиција, и улога во нашето од поодамна „умрено„ општество. Позиционирајте се веќе... да знаеме каде вистински припаѓате. Доста веќе грицкате од „мршата„ околу вас. Излезете од оној виртуелен буџетарски систем, што го полниме ние од оваа страна на „линијата„,. Излезете на отворен пазар, на видлива јавна сцена вие кои од социјални случаи, партиските и државните јасли во две и пол децении, ве произведоа во смешна аристократија, најсмешната целна група која не претставува во светот!? Кажете каде ви се децата? Каде студираат, каде живеат? Каде сте купиле куќи и станови? Од каде вам толку пари? Од кои бизниси? Колку часови во денот вие работите? На која интелектуална и карактерна подлога вие сте ова што сте денес? Зошто не покажете вие, или вашите дома што навистина знаете. Дека знаете како се станува милионер, од социјален случај, тоа видовме во овие 25 години. Епа ајде сега гринфилд инвестиции, браунфилд инвестиции. И не приватизација и муфте... Поранешни и сегашни пратеници, и вие кои не сте во парламентот оти бојкотирате и саботирате што вие не сте влада, поранешни и сегашни министри и директори на јавни претпријатија (најголемите македонски загубари и дувла на нејасни ликови и трансакции). Нека ви е пријатен викендот некаде во Солун, или околината. И таму сега вие користите посленовогодишни попусти од над 70%. Распродажба. Ви прилега овој збор. И за шопинг не сакате полна цена да платите. Муфте да биде. Македонска црвена аристократија ами како...!? Шупелки. nnn


www.kapital.mk

Капитал број 797 06.02.2015

16

анализа

Капитал анализира

Какво фајде имаат извозните компании од економските промотори? пишува:

Габриела Делова

gabriela.delova@kapital.mk

Р фотграфија:

фотоархива на Капитал

Речиси деценија од постоењето на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, и седум година откако беше испратен првиот економски промотор, се добива впечатокот дека освен зголемување на вработени службеници

испратени надвор од земјата за преставување на Македонија, земјава, особено компаниите, барем кога станува збор за промоција на извозот, немаат некое посебно фајде од економските промотори. Во разговор кој Капитал го направи со извозните компании од различни сектори, заклучокот е дека освен комуникација по мејл и телефон, и по некоја средба во текот на годината, компаниите, немаат некој посебен бенефит од нив. Од Агенцијата за странски инвестиции, пак, и по еден месец инсистирање, не добивме било каков одговор за евалуацијата на промоторите, како и за конкретни примери на фирми кои склучиле бизнис зделки со странски компании за извоз, зделка која е

резултат на контактите кои ги обезбедиле промоторите. Непосредно пред нова година, економските промотори имале годишна средба со извозно ориентираните компании на кои се разговарало за подобрување на комуникацијата меѓу компаниите и промоторите, но и за зголемување на можностите кои промоторите би можеле да им ги понудат на компаниите. Од изјавите што ги доби Капитал, заклучокот е дека различните сектори имаат различни очекувања, но и различни искуство од промоторите. Дел од нив се задоволни само што постои комуникација и што овој процес почнува да се динамизира, додека, пак, дел од нив тврдат дека соработката не

функционира и дека дел од промоторите преку оваа функција си бркаат многу повеќе приватни интереси, отколку што ги преставуваат интересите на државата надвор.

Какви се искуствата на компаниите?

Трајан Ангеловски од Ариље Метал, специјализирана фирма за производство и трговија со врзувачки елементи од челик и месинг вели дека има редовна комуникација со промоторите и дека она што најмногу го очекува од нив е што повеќе контакти за евентуални бизнис зделки. „Имаме редовна комуникација со економските промотори. Таа се одвива по телефон, по мејл, а пред Нова година имавме состанок со околу 20-30 економски промотори. Голем дел од


www.kapital.mk

Капитал број 797 06.02.2015

17 Непосредно пред нова година голем дел од извозните компании биле поканети на средба со поголемиот дел од економските промотори кои ги има Македонија. На средбата се разговарало за подобрување на комуникацијата меѓу компаниите и промоторите но и зголемување на можностите кои компаниите би ги добиле од промоторите со цел зголемување на извозот. И по месец инсистирање, од Агенцијата за странски инвестиции, Капитал не доби никаков одговор околу евалуацијата на економските промотори и околу тоа колку компании, со помош на промоторите, склучиле бизнис зделки. Поголемиот дел од компаниите, пак, со кои лично разговараше Капитал изјавија дека до сега не направиле бизнис кој е резултат на контактите посочени од промоторите, а некои од нив и никогаш не биле контактирани

БРОЈКИ

2000 7,7

евра е најниската плата на промоторот

милиони евра е буџетот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот за оваа година, што е за 1,5 милиони евра помалку од лани

1,7

милиони евра оваа година ќе се потрошат за економска промоција

26 промотори вели дека нив се веќе досега ниту навлезени во Според официјалната веб страна на еднаш не бил работата, а Агенцијата за странски инвестиции контактиран некои од нив од Агенцијата се назначени и промоција на извозот, Македонија за странски пред 4-5 во моментот има 26 економски инвестиции месеци. промотори ширум светот, а вкупниот и промоција Разменивме број на вработени е 65 лица. Според на извоз, или мислења информациите од буџетот, оперативниот пак од некој околу расход по вработен на Агенцијата економски нашите за оваа година е 69 илјади евра на промотор очекувања. годишно ниво, или 5750 евра месечно. лично. Имаме Воедно, вели коректна Инаку, буџетот на Агенција за оваа тој, скептик е комуникација. година изнесува 7,7 милиони евра, дека некој кој Нашите што е 1,5 милиони евра помалку од не го познава очекувања лани. Според буџетските проекции, добро од нив се 1,7 милиони евра од буџетот се за производот да ни дадат економска промоција. Платите на што го што е можно економските промотори варираат од нуди една повеќе земјата во која се испратени, а истите се фирма, може контакти, да добро да го ни ги отворат движат од 2.000 евра промовира вратите, па нагоре и да го а секако продаде. договарање „Од нашето на бизнис прави нас како индустрија искуство можеме да зделката на крајот ќе зависи неконкурентни надвор на заклучиме дека досега сме од нас самите. До сега не светските пазари и поради имале многу неофицијални сум имал конкретен бизнис тоа трпи и нашиот бизнис. промотори, добронамерни како резултат на контактите Нам не ни треба толку луѓе од Македонија што од економските промотори“, помош околу извозот, колку живеат во странство кои вели Ангеловски. што добро би ни дошле сакале да помогнат и Редовна комуникација со некакви ослободувања од да ни дадат контакти за економските промотори државата со цел да бидеме има и Весна Миладинова поконкурентни надвор“, вели евентуална бизнис зделка. Но, најчесто тоа биле од Албатрос, но, вели дека таа и додава дека досега погрешни контакти. А и текстилната индустрија Албатрос не склучил бизнис неискуството на тој што пати од други маки, а не зделка со некој клиент кој е сака да помогне има големо конкретно од проблем да резултат на посредништво влијание. Тврдам дека се најде место за извоз на на нашите економски некој што не го познава производите. промотори. производот не може „Ние немаме проблем со За разлика од нив, пак, наоѓање пазар за извоз истиот да го продаде, а Владимир Мартиновски на нашите производи. најмалку тоа да го направи од компанијата Ариазоне, Кај нас најголемиот економскиот промотор. фирма специјализирана проблем е работната Ова го мислам не само за дизајн и производство сила. Дополнително, за нашите производи, на автоматски станици зголемувањето на трошоците за сервисирање на туку и за било кој од страна на државата друг производ“, вели автомобилски клима уреди за приватниот сектор, не Мартиновски. nnn и други разладни системи,


Капитал број 797 06.02.2015

18

интервју

“Ловец на менаџерски глави“ или headhunter (хедхантер) е неформалниот назив за професионалците кои што во име на своите клиенти, компании, пронаоѓаат соодветни менаџерски кадри на пазарот. Зборувавме со Горан Цивкароски, регионален консултант на Pedersen & Partners, водечка светска компанија во овој бизнис, за тоа како изгледа потрагата по квалитетни менаџери во Македонија.

Горан Цивкароски Регионален Консултант на Pedersen & Partners

Добри менаџери има, прашање е дали сакаш да ги најдеш!

www.kapital.mk


www.kapital.mk

Капитал број 797 06.02.2015

19 пишува

Ш Игор Петровски

igor.petrovski@kapital.mk

XX Што значи хедхантинг, како всушност изгледа вашата работа? Тоа е многу интересна професија, иако пошироката јавност често има нејасна или нецелосна претстава за што всушност станува збор. Прво, сметам дека вреди да се спомене дека хедхантинг е само дел од executive search, односно потрагата по менаџерски

кадри. Хедхантингот како услуга е најкарактеристична и најмногу развиена во САД и В.Британија. За тамошните корпорации, оние огромни мултинационални компании, да го “уловиш“ најважниот човек од конкуренцијата вреди милијарди долари. Тоа се брутални пазари каде што не важи ниту етика, ниту морал кога станува збор за регрутирање квалитетни менаџерски кадри, а сепак сето тоа е законски дозволено. Компаниите на тој начин својот менаџерски врв го пополнуваат со силен кадар, и истовремено на тој начин ја ослабнуваат конкуренцијата. Најпрво големи меѓусебни преземања на топ менаџери со посредство на хедхантингот се случуваа во технолошкиот сектор во САД. Само меѓу Apple и Microsoft имаше стотици примери на “кражби на менаџери“. Да донесеш таков менаџер откај конкурентот, може да чини по неколку милиони долари за посредникот, но, тоа се ситни пари за компанија што успеала да прибере таков кадар кај себе. XX Колку често во Pedersen & Partners ви се случува ваков тип на лов на крупни “ѕверки“? Ние вклучуваме ваков тип на хедхантинг, иако поретко добиваме такви побарувања од клиентите. Јас лично досега сум имал три такви барања, кога компанија од земјава или регионов рекла, буквално, сакам да ми го донесеш тој и тој главен извршен директор на таа конкурентска компанија. Ние сме фокусирани претежно на поширокиот контекст на овој бизнис, а тоа е тој executive search, односно пребарувањето, потрагата по менаџерски кадар за потребите на наш клиент. Во P&P овој процес се одвива следејќи три основни линии: прво, нашата огромна база на податоци, составена од илјадници менаџери што досега сме ги контактирале, интервјуирале и сл., второ, користењето на препораки, и сегментот, кај што сме всушност најсилни, директното пребарување. XX Тоа е моментот кога всушност го дебнете “пленот“? Објаснете

за македонските менаџери Една предност на македонските менаџери е големата амбиција. Амбиција кај нашиот човек има колку сакаш, без оглед дали има знаење, искуство и сл. Тоа е добро, доколку знаеш да управуваш правилно со таа амбиција, па со тек на време да креираш перфектен менаџерски потенцијал. Домашните менаџери се и прилично енергични, не се штедат на работа, што често знае да отсуствува кај западните менаџери. Флексибилноста и трпеливоста се исто така карактеристики што често ги красат домашните менаџери. Она што им фали е визија. Може да работи како мравка, но не ја гледа големата слика пред себе, да ги прашаш кај се гледаат себеси за 5 години, 95% нема да знаат да ви кажат. Исто така и незгодните црти на нашиот балкански менталитет знаат да излезат на виделина, особено во комуникацијата со луѓе од друга културна средина. Многу сакаме да судиме некому, да се нервираме за работи врз кои што не може да влијаеме, или пак не сакаме да се соочиме со нив. За разлика од западните менаџери, нашиот човек не знае да каже “не“, затоа што мисли дека така ќе ја навреди другата страна. И наместо јасно да се изјасни дали може да направи нешто или не, што би било во суштина и многу попрофесионално, македонскиот менаџер вели “ќе видиме“. ни малку повеќе како изгледа тоа, како комуницирате со тие менаџери, нема ли опасност нивниот актуелен работодавец да дознае за тоа? Директното пребарување се одвива во неколку етапи и не е така едноставен процес. Значи, треба да најдеме определен профил на менаџер, за потребите на клиент од одредена индустрија. Прво, го мапираме пазарот, односно ги идентификуваме компаниите и позициите во нив што би ни биле интересни во случајот. Правиме една подолга листа на кандидати, го проверуваме

нивниот професионален бекграунд, резултати, искуство и сл., прибираме препораки за нив, и еден по еден ги контактираме. Сето тоа се прави со голема дискреција, се разбира. Им кажуваме отприлика за што станува збор, но во таа фаза не им откриваме до крај за која компанија се работи. Дискрецијата е потребна и за самите кандидати, но и за клиентот, затоа што ниедна компанија не би сакале јавно да се знае дека е во потрага по нов главен или финансиски директор на пример, затоа што тоа дава


www.kapital.mk

Капитал број 797 06.02.2015

20

интервју

Лесно може да купиш некој менаџер за многу пари, но така го претвораш во човек кој што “се продава“, па ќе дојде конкурентот и ќе ти го украде за повеќе пари. Финансиската мотивација не се цени како пресуден мотив да смениш компанија.

чувствителна информација за нив на пазарот. Во моментот кога ќе исфилтрираме покуса листа на кандидати што ги исполнуваат критериумите на клиентот, почнуваме да ги привлекуваме кон новата позиција, им даваме опис на работата, им кажуваме за која компанија се работи, тие ни праќаат свои CV-ja и на крајот избираме кои од нив ќе им ги претставиме на клиентот. XX Дали повисоките примања се основниот мотив за менаџерите да сменат компанија? Обично кога компанија сака да привлече менаџер од друго место, непишано правило е дека треба да понуди минимум 10-30% повисоки примања, но тоа не треба да е основната мотивација на менаџерите. Ниту една компанија нема да цени таков кандидат, затоа што тоа ќе значи дека утре тој би си отишол и откај нив, веднаш штом би добил подобра понуда. Една работа е промената на работното место да биде мотивирана од незадоволството заради атмосферата, конфликт со други менаџери или претпоставени, заситувањето, немањето предизвик , итн., во комбинација со привлечноста на предложената позиција, а сосема друго е мотивот да е исклучиво финансиски. XX Кои компании во Македонија практикуваат хедхантинг услуги?

Многу необични ситуации се случуваат во овој бизнис. Откажување на менаџерот во 5 до 12 кога останува само да го потпише договорот со новиот работодавец или пак напуштање на новата позиција по само една недела.. Работиме со луѓе, па сè е можно...

Дали претежно се тоа странските инвеститори, кои што имаат повеќе искуство со овие услуги? Колку домашните фирми ја прифаќаат потребата од ангажирање професионалци за потрага по менаџери што им требаат? Да, најчесто компаниите со странски сопственици бараат менаџери преку хедхантинг, и тоа големите инвеститори во телекомуникацискиот бизнис, финансиите, ИТ секторот, итн., како и во последно време и странските директни инвестиции во индустриските зони. Иако највисокиот менаџмент во принцип доаѓа од надвор, за останатите високи и средни менаџерски позиции бараат луѓе од Македонија, и за тоа користат услуги од компании како нашата. И домашните компании знаат да се јават кај нас за вакви услуги, иако морам да признам, поретко. И тоа не само големи, туку и компании од средниот сегмент. Еве, токму минатата недела кај нас се обрати сопственик на текстилна фабрика, кој што прави лон производство за извоз, но сепак тој работел подолго време во странство, па горе-долу е запознаен со овој тип на услуги. XX За кои менаџерски профили клиентите најчесто ви се обраќаат да им помогнете да ги најдат? Има ситуации кога се бараат највисоки позиции - компании

Има доста македонски менаџери што се покажаа успешни во меѓународни проекти организирани од странските инвеститори во земјава. Потоа ги пратија во други земји каде што се присутни групациите.

бараат главен извршен директор, финансиски директор, главен на маркетинг, човечки ресурси и сл. Имаме барања и за поспецифични профили, за индустрии кои што досега не биле присутни во Македонија, како кај некои од странските директни инвестиции на пример, па е потешко да се најдат такви кадри. Еве, токму периодов имам барање од клиент за човек што ќе управува со 150 инженери, значи експерт од техничките области, а треба да има менаџерско искуство. Тоа е тежок профил за наоѓање во Македонија, го бараме под дрво и камен, што се вели. XX Македонските работодавачи неретко знаат да кажат дека многу тешко наоѓаат добри менаџери. Што вели вашето искуство? Не се согласувам со тврдењето дека нема квалитетни менаџери на пазарот. Колку и да е тој мал, менаџерски кадри има за безмалку сите позиции. Прашање е само колку навистина сакаш да најдеш добри менаџери. Компаниите што ја разбираат потребата од професионална помош во оваа област, во принцип немаат проблем да ги пополнат менаџерските позиции што им се потребни. Проблем имаат компаниите што се раководени од еден сопственик/генерален менаџер, кој што сè уште не сфатил дека не може тој да

се грижи за стратегија, за финансии, за маркетинг, за човечки ресурси, за сè. Немаат поставено никаква или имаат лоша организациска структура и после уште се гордеат со тоа дека се алфа и омега во фирмата, дека таа не може да мрдне без нив. Напротив, нивна гордост и референца треба да е ситуација кога ќе може да заминат три месеци на одмор, а компанијата нормално да си функционира. XX Кога зборуваме за менаџери, интересно е и прашањето за менаџерските договори. Што практично значи да се има менаџерски договор? Пред македонските закони, практично нема никакво значење. Во земјава секој договор за работа се прави според Законот за работни односи, и менаџерскиот договор повеќе има функција да предизвика чувство на задоволство кај тој што го има, како нешто што другите го немаат, а реално пред очите на законот сè е исто. Во пракса, менаџерските договори најмногу служеле за да се исплатат повеќе пари на кои што нема да се платат сите давачки, преку бонуси, бенефиции и сл. На Запад менаџерскиот договор си е договорот за работа, тој е единствениот документ, нема друг договор - со тоа што условите во него се врзани со исполнување на определени резултати. nnn


ПОКАНА На 19 март 2015 година (четврток) во просториите на НБРМ, на 8. кат, со почеток во 14 часот, ќе се одржи 16. сесија на Клубот на истражувачите Доколку сакате да го презентирате Вашиот работен материјал на оваа сесија на Клубот на истражувачите, Ве молиме да н$ известите најдоцна до 2 март 2015 година (понеделник). Се надеваме дека ќе предизвикаме интерес кај Вас и кај Вашите колеги за учество на Клубот на истражувачите. Ве молиме да го потврдите Вашето присуство на оваа сесија на Клубот на истражувачите најдоцна до 16 март (понеделник) 2015 година на тел. +389 2 3298 110; електронска пошта: marketing@kapital.mk Напоменуваме дека зачленувањето во Клубот е од отворен карактер, за што подетални информации можете да видите на следнава врска: www.nbrm.mk/Клуб на истражувачи.

ЗДРАВЈЕ 13 ИНФАРКТ СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

ФЕВРУАРИ 2015

КАКО ДА СЕ ЗАШТИТИТЕ?  Инфаркт –причина број 1 за смртност во Македонија. Кои се причините за тоа? Како да се превенира? Како да се избегне?  Прегледи и превентивни мерки кои ги нудат болниците ?  Менаџерскиот стрес како причина за инфаркт-Се повеќе менаџери одат на психијатри? Што советуваат тие како да се намали стресот?  Животни навики и храна за здраво срце Повеќе информации во врска со прилогот и за претставување во истиот можете да добиете на е-маил sanja.savovska@kapital.mk или на телефонскиот број 02 3298 111

ЛИЦE ЗА КОНТАКТ:

САЊА САВОВСКА


www.kapital.mk

Капитал број 797 06.02.2015

22

Company Profile

Металпромет Радовиш компанија за производство на метална галантерија

И мали домашни фирми можат да извезуваат за светски брендови

Н пишува

Дејан Азески

dejan.azeski@kapital.mk

Нашиот домаќин Митко Ѓеоргиев долгогодишен управник на Металпромет Цветан ДООРадовиш како да било вчера се сеќава на првичните средби со покојниот Цветан Стојановски основач на Металпромет кога ги договарале првите поголеми зделки од кои ќе се изроди денешниот веќе светски познат бренд за производство на метална галантерија.

„Во 2000 година јас бев раководител на дел од металскиот завод во Струмица. Убаво се сеќавам која кај мене за соработка се обрати Цветан Стојаноски тогашен приватен стопанственик кој благодарение на својата позната снаодливост, стабилност и трудољубивост имаше добиено зделка за изработка на метални гардеробни ормани за мировната мисија на КФОР. Заедно отидовме во Куманово каде ја договоривме зделката од илјада гардеробни ормани кои ги изработивме во рекордни шест месеци. Тоа беше основата врз која го започнавме натамошниот постепен развој чил плод е Металопромет како што изгледа денеска. Модерна и стабилна извозна компанија со огромни перспективи за развој “ За жал Цветан Стојановски веќе не е меѓу живите но

плодовите од семето кои го посеал се се појадри и поквалитетни. Компанијата која денеска е во сопственост на двете негови ќерки Виолета и Катерина моментално вработува повеќе од 70 луѓе. Сепак најзначајно е да се спомене дека повеќе од 50% од овој обрт се должи на извозот и соработката со познати светски брендови како Валентино Роси, Самсунг, ВД и многу други. Како посебна оставштина од основачот Цветан е и паркот кој има централно место во фабричкиот комплекс и за кој може да се каже дека е еден од најубавите и најсредените во земјава.

Не знаеме дали можеме да се наречеме „гринфилд инвестиција“ бидејќи фирмата ја изградивме буквално на отпад Сепак не одело се така лесно како што изгледа од оваа успешна временска перспектива. Раководителот

Ѓоргиев ни раскажа дека целата фабрика некогаш била сместена во скромни шестотини квадрати во старата Радовишка пекара како во импровизирани услови се реализирано огромно производство за рекордни временски рамки. „Токму поради тоа газдата се одлучи за изградба на целосно нова фабрика. Од некои причини го одбра овој простор кој во минатото служеше како отпад за целиот радовишки регион. Не можам ниту да ви опишам како ова место изгледаше и што се тука имаше. Добро се сеќавам дека исфрливме повеќе од 15 шлепери заостанат отпад и моравме да донесеме уште десет шлепери со земја за сето тоа да се покрие и израмни“ Огромниот комплекс од повеќе илјади метри квадратни покриен простор е изграден во периодот 20002003 година, а Ѓоргиев вели дека сиот тој развој барал


www.kapital.mk

Капитал број 797 06.02.2015

23 Факти:

Митко Ѓоргиев извршен директор

Н

ие сме докажале дека сме спремни да направиме буквално се по највисок квалитет, најниска цена и најкратко можно време. Тоа значи дека ако се укаже подобра можност како што неколку пати се укажала ние веднаш би вложиле во нови машини нови луѓе и би ја завршиле работата. Но за тоа секогаш бараме гаранција не може на „жими мајка“ да вложуваме стотици и милиони евра во машини кои подоцна не ќе знаеме како да ги искористиме. Тоа според мене е неодговорно и недозволиво.

50% 70 600 15

Од приходите компанијата остварува од извоз

Вработени

Основачот на Металпромет Цветан Стојановски во својот омилен парк

Најсовремената ласерска технологија во

која се инвестирани повеќе од 350.000 евра

Инжинерскиот одел на компанијата Дел од производствениот процес во Металпромет

Тони годишно обработен челик

Годишна извозна традиција во повеќе од десет западноевропски земји

Металпромет Цветан ДООРадовиш моментално вработува повеќе од 70 луѓе. Сепак најзначајно е да се спомене дека повеќе од 50% од овој обрт се должи на извозот и соработката со познати светски брендови како Валентино Роси, Самсунг, ВД и многу други. големи жртви. „Газдата буквално престана да си оди дома. Една од канцелариите си ја пренамени во мал апартман и често преспиваше во нејзе. Во тој период го имавме и проблемот кој го имаат сите фирми од внатрешноста со недостаток на квалитетен инженерски кадар. Затоа

сите ние, а повторно најмногу основачот Цветан деноноќно работеше со тие млади луѓе додека да израснат во потенцијални носачи на оваа компанија. Се сеќавам и дека после операцијата која ја имаше газдата одби да оди дома без прво да го донесеме тука во компанискиот парк“

Бевме помеѓу првите на кои Алибаба им беше извозен прозорец кон светот Сепак големи заслуги за растот и развојот на оваа компанија има и помладата генерација наследници на основачот Цветан Стојановски. Ќерките Виолета и Катерина од многу млади

се вклучуваат во работниот процес, а прифаќањето на нивните прогресивни идеи и концепти веројатно е клучно за успехот кој денеска го ужива Металпромет. „Интернет вмрежување и општо интернетот во 2004 кога ние почнавме да го користиме беше во зародиш. Веројатно бевме меѓу првите во Македонија кои направија професионален сајт и кои се вклучија во мрежата на Алибаба, тогаш фирма во своите почетоци. Токму таму стапивме во контакт со нашите први партнери од Англија со кои соработуваме и денеска. После тоа се беше полесно еден соработник не поврзуваше со друг. Развоен процес кој не направи соработници на европски и светски брендови како Самсунг, Валентино Роси и слично на нив“ ни раскажа Виолета Стојановска косопственичка на компанијата. Металпромет е и една од ретките компании во Македонија која успешно соработува со сите новодојдени странски инвеститори. На прашањето која е тајната за ваквиот


www.kapital.mk

Капитал број 797 06.02.2015

24

Company Profile

успех, сопственичката Виолета Стојановска повторно не наврати кон нивното извозно искуство. „Странците едноставно бараат тврд професионализам. Ние сме веќе навикнати тоа да го испорачаме и секако да се погодиме за правата цена. Природно и нормално секоја голема компанија ги притиска добавувачите за максимално можно најниски цени. Е тука е умешноста да се процени каде точно да се постави долната граница, а притоа да не се загрози целокупната соработка“

Виолета Стојановска косопственик

М

ЕТАЛПРОМЕТ оваа година во септември ке обележи јубилеј 25 години. Нашите планови во иднина се зголемување на производниот капацитет со проширување на постојните и изградба на нови погони, затоа што во последно време се соочуваме со физичка презаситеност на просторот во кој функционираме. Бидејки Општина Радовиш е позната по спората урбанизација на гратското и пригратското подрачје ние се надеваме

на подобрување на локалната администрација за да бидеме во можност да ги оствариме овие планови. Од самиот почеток на 2015 година сме доста активни со преставувањето на фирмата на Германскиот пазар и тука очекуваме да ја зголемиме застапеноста, да се претставиме на нови клиенти а со тоа да се зголеми обемот на производството.

Сто пати мериме пред еднаш да пресечеме

Во врска со плановите за иден развој раководството на Металромет има интересен став за кој велат дека досега им донел успех. И сопственичката Стојановска и раководителот Ѓоргиев се согласни во едно дека ако не се принудени никогаш нема да направат ниту еден ризичен и избрзан потег кој многу лесно може да го загрози сето она што го граделе со годините. „Ние сме докажале дека сме спремни да направиме врвен квалитет, најниска цена и најкратко можно време. Тоа значи дека ако се укаже подобра можност како што неколку пати се укажала ние веднаш би вложиле во нови машини нови луѓе и би ја завршиле работата. Но за тоа секогаш бараме гаранција не може на „жими мајка“ да вложуваме стотици и милиони евра во машини кои подоцна не ќе знаеме како да ги искористиме. Тоа според мене е неодговорно и

Најновата инвестиција во ласерска технологија на Металпромет недозволиво“ вели Ѓоргиев. Сопственичката Стојановска пак додава дека вишокот на ликвидност кој е карактеристичен за цела Европа се чувствува и кај нив но дека тоа не смее да биде причина за избрзани

авантуристички одлуки. „Можеби не е убаво да се каже дека не молат банките но во секој случај постојано ни нудат некакви кредити. Направиле проценка дека сме добра инвестиција и постојано се присутни

со понуди. Е сега тука е големината да одолееш на моментот или барем да ја почекаш вистинската можност. Бидејќи најлесно е да пропаднеш ако нереално се развиваш. Тоа е општо познато.“ nnn


! " # " $%&'()*' ) +,% -(. /0 '


Капитал број 797 06.02.2015

26

www.kapital.mk

осигурување

Осигурителниот бизнис вози во прва б

Странските инвест го живнаа осигур на бизнисот


www.kapital.mk

брзина

титори рувањето

Капитал број 797 06.02.2015

27 Со пораст од околу 6% минатата година, осигурителниот пазар и понатаму останува недоволно развиен, особено ако се знае дека половина од бизнисот осигурителните друштва го прават со задолжителното осигурување од автоодговорност. Колку е неискористен потенцијалот за осигурување во земјава покажуваат и податоците според кои осигурителната премија по жител изнесува 57 евра, што е на пример 17 пати помалку отколку во Словенија или пак 35 пати помалку отколку европскиот просек. Осигурителите коментираат дека странските инвеститори што доаѓаат во земјава со себе ја носат и културата за осигурување и тоа позитивно се одразува и врз осигурителниот бизнис. Пазарот на осигурување заживува, не со посакуваната брзина. пишува:

О Александар Јанев

aleksandar.janev@kapital.mk

Осигурителниот бизнис заживува а менаџерите на компаниите се повеќе стануваат свесни дека е неопходно да ги елиминираат сите ризици во работењето со полиса за осигурување. Од осигурителните компании коментираат дека работите одат во позитивна насока, меѓутоа не со посакуваната брзина. Со пораст од околу 6% минатата година, осигурителниот пазар и понатаму важи за недоволно развиен, особено ако се знае дека половина од бизнисот осигурителните друштва го прават со задолжителното осигурување од автоодговорност. Колку е неискористен потенцијалот за осигурување во земјава покажуваат и податоците според кои осигурителната премија по жител изнесува

57 евра, што е на пример 17 пати помалку отколку во Словенија или пак 35 пати помалку отколку европскиот просек. Осигурителите коментираат дека странските инвеститори што доаѓаат во земјава со себе ја носат и културата за осигурување и тоа позитивно се одразува и врз осигурителниот бизнис. „Подобрувањето на бизнис климата во земјата придонесува за зголемување на бројот на странските инвестиции, што е еден од факторите за раст и развој на осигурителниот пазар во земјата. Oсигурувањето на инвестициите, како резултат на добрата пракса за обезбедување на квалитетно покритие од страна на реномирана осигурителна компанија е една од главните ставки во странските компании. Сето ова придонесува во државата сè повеќе да се менуваат навиките и потребите за осигурување“, вели извршниот директор на Триглав осигурување, Сања Танчевска. Таа вели дека странските инвеститори пројавуваат интерес за осигурувања уште во процесот на изградба на објекти – осигурување на објекти во фаза на изградба и монтажа, осигурувања од професионална одговорност,


www.kapital.mk

Капитал број 797 06.02.2015

28

осигурување Сања Танчевска

извршен директор на Триглав

Т

рендот на раст и во резидентниот и во бизнис сегментот е позитивен, но се уште постои голем простор за подобрување, особено во доменот на незадолжителните класи на осигурување. Сето ова во најголема мера зависи од развојот на економијата, животниот стандард, но и од самите осигурителни компании. Зголемувањето на бројот на странските инвестиции е еден од факторите за раст и развој на осигурителниот пазар во земјата. Oсигурувањето на инвестициите, како резултат на добрата пракса за обезбедување на квалитетно покритие од страна на реномирана осигурителна компанија е една од главните ставки во буџетите на странските компании. пожар, осигурување на машини од кршење, како и осигурувањата поради прекин на работа. Генералниот директор на осигурителната компанија Винер, Зоран Нарашанов, вели дека е добро што во Македонија во преден план избива една генерација на млади, модерни, технократски ориентирани менаџери со напреден начин на размислување, кои многу добро разбираат дека осигурувањето е една од најважните инвестиции во секој бизнис и децидно ја отфрлаат застарената перцепција на осигурувањето како трошок. „Песимистите велат „каде што има бизнис, има и ризик“. Оптимистите велат „нема бизнис без ризик“. Разумните велат „за секој бизнис постои ризик, а за секој ризик постои осигурување“. Логиката зад неопходноста на осигурувањето за бизнисот е иста како за сите други типови осигурување – не смеете да го оставите неосигурено сето она во што сте вложиле многу труд, време, пари и енергија и од кое најчесто зависи егзистенцијата на вашето, но и на други семејства. Ние сме доведени во ситуација да дискутираме за важноста на основните осигурителни покритија, и во своето портфолио веќе нудиме широка палета на напредни осигурителни алатки како што се обесштетувањето во случај на прекин на бизнис процесите или осигурувањето на клучните човечки ресурси на компанијата“, вели Нарашанов. Од Триглав објаснуваат дека зголемениот интерес за незадолжителните видови

на осигурувања значително ја менува структурата на пазарот. „Додека порано доминираше осигурувањето на моторни возила, денес побарувачката е значително проширена со осигурувања на имот од пожарни ризици, катастрофи како поплава и земјотрес, финансиски загуби заради прекин на работа, професионална одговорност, како и осигурување на вработените и нивните семејства од незгода. Од друга страна, менаџерското осигурување, осигурувањето на машини од кршење, карго и осигурувањата од одговорност се се уште на самите маргини. Како лидери на осигурителниот пазар, континуирано работиме на подобрување на постоечките, но и на развој на нови продукти, коишто се во согласност со потребите на клиентите и на пазарот“, вели Танчевска, извршен директор на Триглав. Од Еуролинк пак, велат дека многу корпорации се заинтересирани и за приватното здравствено осигурување кое почна да се нуди од лани. „Со промената на Законот за здравствено осигурување понудивме единствен производ на пазарот, приватно здравствено осигурување кое покрива медицински трошоци на осигуреникот и непречено користење здравствени услуги во здравствени установи надвор од мрежата на ФЗОМ, во земјата и во странство зависно од избраниот територијален лимит, Европа или ширум светот со годишни покритија во висина до 3 милиони.

6%

се зголемила полисираната премија минатата година, а најголем пораст оствари животното осигурување

Цениме дека ова е уште еден продукт со кој ги предвидуваме тековите на работење и трендовите во менување на потребите на нашите клиенти со што очекуваме и зголемен одзив од страна на корпоративните клиенти“, вели Марија Томеска, извршен директор на Еуролинк. Претседателот на Агенцијата за супервизија на осигурувањето, Климе Попоски, вели дека осигурувањето е најефикасен начин за трансфер на потенцијалните ризици на приватните фирми кон друштвата за осигурување. Попоски вели дека потенцијалните финансиски загуби кои може да дојдат како последица на некој ризик може да доведат дури и до прекин на работата на фирмата.

Имотот на компанијата мора да биде осигурен

Ако се направи листа на приоритетни типови на осигурувања, без кои ниту една модерна компанија која води сметка за иднината и успешноста на бизнисот не смее да работи, најнеопходни се осигурувањето на имотот од пожар и некои други ризици, осигурување на машините од кршење и осигурување на вработените од незгода. Едно од најбитните типови на осигурувања за бизнис секторот е заштита на имотот што го поседува една компанија како зградите и фабриките, опремата, службените автомобили, бидејќи кој било ризик доколку се случи, може да доведе до траен прекин на производството и може да има фатални последици врз

финансиските резултати на компаниите. За компании кои во работењето се изложени на високи температури или пренос на енергија, тогаш ризикот од пожар е најизраен и осигурувањето од тој тип е неминовно. Кај компании кај кои во производствените процеси најважна е опремата, тогаш неминовно е осигурувањето од кршење на машините. Кај оние кои имаат подинамична соработка со други компании, тогаш тие треба да обрнат поголемо внимание на осигурување на транспортот или доколку извезуваат и пласираат производи директно на пазарот, тогаш најбитно е осигурувањето на залихите, стоката да биде осигурена. Исто така особено е битно да биде осигурен транспортот на стоките и за оние компании кои се занимаваат со услужна дејност - транспорт на стоки. Притоа, освен стоката, битно е да се осигури и одговорноста на превозникот при транспортот. Од осигурителните компании велат дека општото осигурување од одговорност е многу малку застапено кај нас, иако во последните 3 години статистиката покажува дека овој тип постојано расте. Доколку се стави во корелација со вкупно остварената бруто премија на целиот пазар, учествува со само 2,5%, што е исклучително ниско ниво за осигурување од дејност. Во развиените европски земји, околу 60% до 65% од пазарот отпаѓа на осигурувањето од одговорност и тоа важи за неопходно. Во зависност од дејноста со која се занимава, дали е производствено или услужно



www.kapital.mk

Капитал број 797 06.02.2015

30

осигурување Зоран Нарашанов генерален директор на Винер

В

о Македонија во преден план избива една генерација на млади, модерни, технократски ориентирани менаџери со напреден начин на размислување, кои многу добро разбираат дека осигурувањето е една од најважните инвестиции во секој бизнис и децидно ја отфрлаат застарената перцепција на осигурувањето како трошок. Логиката зад неопходноста на осигурувањето за бизнисот е иста како за сите други типови осигурување – не смеете да го оставите неосигурено сето она во што сте вложиле многу труд, време, пари и енергија и од кое најчесто зависи егзистенцијата на вашето, но и на други семејства.

претпријатие, најголем дел од компаниите во услужната дејност уште при вадењето на лиценците за вршење дејност, задолжително е да поседуваат и осигурување од одговорност. Тоа важи за ревизорите, сметководителите, проектантите, градежниците, нотарите, адвокатите, туристичките агенции, дури и компаниите што се регистрирани за чистење. Дел од растот на пазарот во овој сегмент најмногу се должи токму на тоа што законите наложија обврска за такво осигурување. Пазарот на осигурување од одговорност од дејност го движат и последните трендови кои на компаниите кои се јавуваат на тендери, без оглед дали се производствени претпријатија кои испорачуваат стоки или пак услужни, им наложија задолжителен услов да се осигурени од одговорност за дејноста што ја вршат.

Вработените се најголемиот капитал што треба да се осигури

Осигурувањето на вработените е примарно речиси во цел свет, а веќе и кај нас компаниите го третираат како задолжително. Огромна е социјалната одговорност кон луѓето кои го создаваат бизнисот и профитот, а сумата за осигурување на безбедноста на вработените за сметка на тоа сепак е мала. Постојат повеќе начини кои може да се договорат, како вработените да бидат заштитени од повреда. На пример, некои компании одлучуваат колективно да ги осигурат сите вработени, некои од нив пак склучуваа поединечни договори за секој

57

евра по жител осигурителна премија имаат Македонците што е 35 пати помалку од европскиот просек

Се поголем интерес за осигурување од поплави

П

оради актуелноста на големите природни непогоди во регионот и земјата, граѓаните во последно време најмногу барале осигурувања на имотот од поплава и пожар. „Изгледа дека секојпат одново треба да се соочиме со разурнувачката моќ на природата и нашата немоќ пред неа, за да посегнеме по најефикасниот метод на заштита – осигурувањето“, потенцира Нарашанов. Попоски од Агенцијата за супервизија на осигурувањето вели дека потребата за осигурувањето на имотот не е доволно препознаена од страна на граѓаните. Според податоците на АСО, покриеноста на имотот со осигурување кај граѓаните е многу ниска, односно само 3,41% од домаќинствата имаат полиса за домаќинско осигурување од кои 0,24% се однесуваат на осигурување од поплава, а од нив. Исто така, може да се дефинира и временска рамка која го опфаќа осигурувањето на работникот од незгода и тоа може да биде само во текот на работното време од осум часа или пак 24 часовна заштита дури и надвор од работното место. Освен вработените, осигурување од незгода е карактеристично и за средното и високото

0,14% на осигурување од земјотрес. “Како резултат на глобалните климатски промени, граѓаните се повеќе стануваат свесни за последиците и загубите со кои можат да се соочат поради природните непогоди. Од друга страна, потребна е поголема активност кај друштвата за осигурување во понудата на иновативни осигурителни производи кои ќе одговорат на актуелните потреби. Сметам дека друштвата за осигурување би требало во поголема мера да ги искористат предностите на осигурителните производи на Европа Ре кои се единствени и засновани на модели развиени ексклузивно за територијата на Македонија и користат иновативна технологија која овозможува фер и брза процена на штети од катастрофални размери. Очекувам дека ова ќе влијае кон придобивање на довербата на граѓаните“, вели Попоски.

управување во компаниите или таканареченото менаџерско осигурување. Покрај стандардното осигурување од незгода за вработените, се склучуваат менаџерски осигурувања кои вклучуваат дополнителни ризици со кои покрај осигурување од незгода се нуди и бенефит како финансиски бонус доколку не се остварат одредени

ризици во работењето. Менаџерското осигурување е многу важно бидејќи менаџментот е оној кој креира вредности во компаниите. Затоа е битно менаџерите да бидат осигурени од незгода, бидејќи секој ризик може да влијае врз континуирано и успешно управување на компанијата. „Менаџерското осигурување кое е наменето за водечките



www.kapital.mk

Капитал број 797 06.02.2015

32

осигурување Климе Попоски

претседател на Агенција за супервизија на осигурување

П

азарот на осигурување очекувам да биде стабилен и годинава со пораст и во делот на неживотното осигурување и осигурувањето на живот. Генерално, се зголемува свеста за потребата и користа од осигурувањето и кај населението и кај приватните фирми. Како резултат на глобалните климатски промени, а за кои сме сведоци сите, граѓаните се повеќе стануваат свесни за последиците и загубите со кои можат да се соочат при катастрофални непогоди. Но мислам дека е потребна поголема активност и кај друштвата за осигурување во понудата на иновативни осигурителни производи кои ќе одговорат на актуелните потреби. лица во една фирма од кои зависи водењето и резултатите на важни деловни процеси е се поактуелно. Ваквиот вид на осигурување претставува еден вид алатка за зголемување на лојалноста и задоволството на менаџерите, но претставува и современ начин за

наградување на клучните кадри во фирмата“, вели Попоски од АСО. Извршниот директор на Триглав, Сања Танчевска вели дека осигурувањето на менаџерите од несреќен случај или од професионална одговорност е многу корисна алатка за стимулирање и

20%

порасна животното осигурување лани, на годишно ниво

мотивирање на клучните кадри. „Секоја компанијата е успешна колку што се успешни нејзините вработени. Оваа поврзаност води кон взаемна грижа, поддршка и лојалност – аспекти кои што се од голема важност за сите компании

кај кои што корпоративното управување се заснова на стандардите на современиот живот. Интересот за овој вид на осигурувања е се уште мал, но покажува позитивен тренд и цврсто веруваме во нивниот потенцијал за понатамошен развој“, вели Танчевска. nnn

Животното осигурување руши рекорди

Ж

ивотното осигурување веќе неколку години по ред руши рекорди со двоцифрени стапки на пораст. Според прелиминарните податоци за лани, друштвата за осигурување на живот полисирале премија од 14,5 милиони евра, што е за 20% повеќе споредено со претходната година. Од осигурителните компании коментираат дека животното осигурување има најголем потенцијал за развој бидејќи се нуди само неколку години и интересот кај граѓаните допрва се очекува да се зголемува. „Со брзиот развој на пазарното општество, се развива и свеста за потребата за планирано штедење. Ако се земе предвид дека домашната економија полека дава сигнали на закрепнување од финансиската и економската криза, тогаш неизбежни се очекувањата за уште поуспешни години и континуиран раст на животното осигурување“, вели Вилма Дузлевска Учета, директор на Кроација Живот.

Според неа, на развојот на животно осигурување во голема мера влијаат макроекономските показатели, односно доходот по жител, стапката на раст на БДП, стапката на невработеност и даночната политика. Дузлевска – Учета очекува годинава, после 10 години работење да се исплатат првите суми на осигурениците кои имаат животна полиса во вкупна вредност од околу 1 милион евра. Претседателот на Упрваниот

одбор на Винер Лајф исто така вели дека потенцијалот за развој на пазарот на животно осигурување е огромен. „Ние како компанија имаме обврска овој производ да го направиме што подостапен за граѓаните и со тоа да им ги доближиме предностите што ги нуди животното осигурување. За жал свеста за потребата од осигурување е се уште ниска и токму тоа е наш најголем предизвик. Оптимисти сме дека премиите од животното осигурување и годинава ќе

се зголемат за над 30% со што продолжува трендот на силен пораст“, вели Војновиќ. Од компаниите што нудат осигурување на живот велат дека полисата за животно осигурување е уникатен финансиски производ кој нуди двојна поволност: истовремено осигурување и заштеда. Овој вид на долгорочно штедење и вложување во сопствено осигурување обезбедува финансиска поддршка во доцните години од животот, како и заштита кога е најпотребно.


СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

20

ФЕВРУАРИ 2015

ТЕЛЕКОМУНИКАЦИИ  Најдобри мобилни уреди за бизнис Избор и претставување на најдобрите уреди во контекстот. Бинзис корисниците имаат потреба од уред што ќе ги направи попродуктивни - најнапредни можности за комуникација (Exchange support), врвна тастатура (хардверска или софтверска), пристап до врвни безбесносни опции и апликации  Најдобри апликации за водење бизнис Избор и претставување на најдобрите апликации што го олеснуваат водењето бизнис, поделени според софтверска платформа - iOS, Android, Windows Phone  Како мобилната технологија го револуционеризира малиот бизнис Во Америка AT&T и Small Business & Entrepreneurship Council секоја година прават конференција фокусирана на мобилната технологија. Податоците се дека самртфоните и таблетите им заштедуваат по 2 милијарди долари на сопствениците на бизнис секоја година; мнозинството бизнисмени кои употребуваат апликации за зголемување на продуктивноста заштедуваат по 6.000 долари секоја година. Повеќе информации во врска со прилогот и за претставување во истиот можете да добиете на е-маил gordana.mihajlovska@kapital.mk или на телефонскиот број 023298111

НАСКОРО

ЛИЦE ЗА КОНТАКТ:

ГОРДАНА МИХАЈЛОВСКА

во сите поголеми IT малопродажни ланци.

LENOVO IDEACENTRE C40-30 С$ во едно 21.5” + ДЕСКТОП

IdeaCentre C40-30 AIO Black Intel® Core™ i3-4005U 4GB DDR3/ 1TB HDD 21.5" FHD LED + Camera Nvidia GeForce 820A 2G Wireless Keyboard + Mouse

31.990,oo ден.

IdeaCentre C40-30 AIO Black/ White Intel® Core™ i3-4005U 4GB DDR3/ 1TB HDD 21.5" FHD LED 10 point TOUCH + Camera Nvidia GeForce 820A 2G Wireless Keyboard + Mouse Windows 8.1 64bit

41.350,oo ден.

БРЗИОТ И КОМПАКТЕН LENOVO C40-30 ДОАЃА СО 4-ТА ГЕНЕРАЦИЈА НА INTEL® CORE™ ПРОЦЕСОР И 21.5" ОПЦИОНЕН МУЛТИТАЧ ЕКРАН КОЈ Е ИДЕАЛЕН ЗА ЗАБАВА ВО ВАШЕТО СЕМЕЈСТВО!

INet ИНЕТ - АВТОРИЗИРАН ЛЕНОВО СЕРВИС

ЗАШТИТНИК НА ВАШИОТ DO УРЕД!

ЗА ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ:

A: Атинска 12 - Скопје T: 02/ 3090.625 E: sales@inet.com.mk W: www.inet.com.mk


www.kapital.mk

Капитал број 797 06.02.2015

34

човечки ресурси

Како квалитетно д мотивирате своит Јоанис Папаконстантину

З

Mind Executives, Солун

Значењето на задачата (task significance), и методите кои ги користиме за да се нагласи тоа, нè водат до една друга важна димензија: повратна реакција или фидбек (feedback). Класичниот начин да им соопштите информација, вест на вашите вработени е преку квартални, полугодишни и годишни извештаи. Но, дали е тоа доволно? Зарем не треба вашите вработени да се во можност да ги разберат своите постигнувања почесто и да добиваат „евалуација“ редовно? Од мотивациска перспектива ’фидбекот’ има две форми: 1. Фидбек од работата која ја правите до степен што работата сама по себе и активностите кои се поврзани со неа обезбедуваат јасни информации за ефективноста на изведената задача; 2. Фидбек од останатите што е поврзано со степенот на кои вработените добиваат позитивен или конструктивен фидбек од претпоставените, колегите, клиентите. Дали фидбекот навистина е потребен: Па, мета- анализата на фидбек интервенциите за ефикасноста на вработените покажа дека во просек овие интервенции ја зголемуваат ефикасноста за 41%. Меѓутоа, дали сите видови на фидбек водат до зголемување на

Изненадувачки, фалењето и обесхрабрувањето на вработените ја намалуваат ефикасноста. Причината за тоа е дека примачот на фидбекот се фокусира на себе, а не на тоа да научи повеќе и да се мотивира повеќе околу задачите. Уште повеќе, фидбекот кој ја намалува или зголемува самодовербата има ист резултат оти пак е перципиран како лична порака. Па, кој тип на фидбек е поефективен? ефикасноста? Изненадувачки, фалењето и обесхрабрувањето ја намалуваат ефикасноста. Причината за тоа е дека примачот на фидбекот се фокусира на себе, а не на тоа да научи повеќе и да се мотивира повеќе околу задачите. Уште повеќе, фидбекот кој влијае на растот или ја доведува до опасност самодовербата има ист резултат оти пак е перципиран како лична порака. Па, кој тип на фидбек е поефективен? Вашите вработени веројатно ќе покажат подобрување на подолг рок во нивното работење кога ќе добијат фидбек за степенот на промена на извршување на задачата за одредено време (или уште познат како фидбек на брзината на извршената задача). Тоа ќе им помогне да го зголемат фокусот за постигнување на целта на задачата и нема да се фокусираат на себе како личност. Дополнително, фидбекот кој ги потенцира добрите решенија, го олеснува и учењето и ги елиминира лошите решенија, па оттука се смета дека придонесува за зголемување на ефикасноста. Затоа, следниот пат кога сакате да им дадете фидбек на вашите вработени фокусирајте се на задачата, а не на личноста. Кажете им што направиле добро и што може да биде подобрено. Секој друг пристап може да биде чувствителен за личноста, а и како што веќе знаете, луѓето кога се веќе во нивниот работен век, не можат драматично да го поправат својот табиет освен ако некој

поголем настан не се случи во меѓувреме. На крајот од денот, задача на менаџерот е да ги идентифицира јаките страна на лицата со кои работи и да искористи максимум од тоа. Ова треба да се направи за сите позиции во организација.

Примерот на Google

Понатаму во нашата дискусија за работата и како таа влијае на исполнувањето на задачите, е концептот на Автономија. Почетната концептуализација на ’автономијата’ беше поврзана со количината на слобода и независност на личноста во донесувањето и исполнувањето на работните задачи. Сепак, зголемената комплексност на денешниот бизнис свет доведе до развој на повеќе комплексни работни места па така описот на старите работни места повеќе не важи. Автономијата денес е поврзана со три меѓусебно поврзани аспекти кои се фокусираат на слобода на а) распоред на работните обврски, б) донесување на одлуки и в) работни методи. Работниот распоред се однесува најмногу на времето потребно за работа. Даниел Пинк (2009) даде некои примери за оваа димензија преку примерите на компаниите како Meddius, Attlasian и Google, кои на своите вработени им дават слобода сами да си го прават распоредот за завршување на работните обврски и креираа Results Only Work Environment. Дури и некои од најпопуларните Google апликации беа креирани преку 20% „работи што сакаш“

режимот. Всушност, Google им дава на своите вработени слобода да работат на било кој проект што им се допаѓа (на нивна иницијатива) еден ден од работната недела. Но, дали сите работни места можат да го дозволат ова? Секако не. Меѓутоа, кога се менаџира со луѓе кои имаат можност да си креираат работен распоред, не ја пропуштајте!!! Целта на креирање работни места е да го направите работното искуство на вработените важно за нив. Иако има теоретичари што веруваат дека давањето важна работа може да донесе негативни ефекти, сепак логичното размислување е дека колку поважна работа им давате на вашите вработени толку повеќе се тие мотивирани. Креирањето на работни места има многу форми и димензиите на овој концепт и не можат да се објаснат до детали во контекстот на оваа статија. Сепак, ние ќе се обидеме да истакнеме некои од аспектите кои сметаме дека се важни и практични. Формите на креирање на работни места може да вклучат: а) додавање на работни задачи (пример супервизорот на еден департман на еден изложбен центар што во својата работна задача вклучува консултација со можните клиенти) што исто така вклучува вештини на учење и чувство на важност, б) нагласување на задачите кои се веќе вклучени во описот на работното место со алокација на повеќе време, внимание и синергија (пример: продавачот се фокусира на надгледување


www.kapital.mk

Капитал број 797 06.02.2015

35

да ги те вработени? на директната и ја менува конкуренцијата за продуктите на компанијата) што создава поголема важност и вредност на неговата работа. Ако се сомневате дека вработените се прилагодуваат кон овие тактики, земете го описот на било која позиција во вашата организација и споредете со тоа што всушност го работат вработените. Откако сте го прочитале ова погоре напишано, нема да се изненадете од вашите откритија при споредбата. Врските меѓу работните места се однесуваат на работната интеракција, на почетокот кратка, потоа која може да се надгради и да дојде до интеракција на долг рок. Застанете и размислете на кратко: за време на вашата бизнис кариера, и на страна од вашите колеги во вашиот сектор/тим, дали некогаш се сретнавте со некој од организацијата или однадвор (клиент или доставувач) со кој сте создале заедничка доверба, позитивна критика? И дали потоа развивте односи на подолг рок со оваа личност што доведе до некои позитивни бизнис резултати или размена на искуство? Сигурно дека сте имале ваков пример. Зошто ова се случува? Бидејќи вие ја гледате оваа личност еднакво важна за вашиот бизнис што може да донесе до плоден резултат. Дали оваа соработка ве натера да се почувствувате поважно за вашата работа и вашите достигнувања? Сигурно придонела за тоа.

Да се чувствувате значаен на вашето работно место

Да се чувствувате значаен на вашето работно место може да биде чувство кое се зголемува на тој начин што вработените размислуваат за нивните задачи, односи или работата во целост. Еден

хигиеничар во болница може да ја зголеми својата перцепција за својата работа на тој начин што ќе гледа на својата работа како важен дел од процесот на целокупната нега која му се нуди на пациентот. Оваа перцепција на поголемо добро кое се прави за пациентот ја зголемува важноста. Ние, и нашите вработени не ја сакаме секогаш работата што ја правиме. Сепак, преку ефективно исполнување на задачите од нашата работа се чувствуваме и поважни па на тој начин и може да се носиме и со задачите кои не ни се толку значајни. Создавањето работни места според способностите на вработените, е стратегија за вработениот кој има за цел да ја подобри релацијата личностработно место. Да го најде соодветното место за себе. Тоа е проширување кон кое нивните мотиви, сила и пасија се практицираат до тој степен што работниците се чувствуваат позадоволни и подобро работат. Ова е постојан и динамичен процес. Некој би можел да праша: „Ако создавањето на работни места е иницијатива водена од вработениот, тоа во голема мера зависи од нивното проактивно размислување, како тогаш менаџерите можат тука да интервенираат?“ Прво, менаџерите мора да идентификуваат поле во кое самата позиција дозволува создавање работни места. Не сите позиции дозволуваат таква автономија. Сепак, сите позиции дозволуваат конгнитивно создавање работни места и покрај тоа што ова може да создаде празнина или да не биде одржливо на долг рок доколку има задачи и односи кои ова го ограничуваат. Кај позиција каде има доволен простор за создавање работни

места, менаџерите може да усвојат еден-на-еден сесија за обучување, да дискутираат со вработените за тоа што нив ги мотивира, што им е пасија и ги охрабрува со цел да се дојде до заедничка промена на подобро. За време на овие сесии, менаџерите може да им помогнат на своите вработени да подготват распоред на различни цели кои ќе им придонесат за подобро формирање на нивната работа. Уште повеќе, тимската работа може да придонесе за зголемување на перспективите за создавање разни можности на индивидуално и групно ниво. Постојат многу работи кои ќе ги намалат вашите обиди да го направете креирањето на работни места според интересите на работниците како мотивациска алатка. Но што е тука најважно? Карактерот на вработените. Вработениот кој не е проактивен и самоиницијативен нема да биде расположен ниту да размисли на можните аспекти за тоа како да ја прави својата работа подобра. Сепак, нели се тоа вработени во вашиот тим кој ги поседуваат погоре споменатите лични недостатоци? Сигурно дека ќе има такви. Затоа, ајде да претпоставиме дека вие водите тим од десет луѓе. Ако двајца од нив може целосно да се адаптираат на креирањето на работно место според способностите на вработените тоа може да ви донесе до потенцијално 20% подобрување на работата. Тоа и не е така лошо, зарем не? nnn Авторот е основач и директорна New Mind executives, фирма за консултантски услуги и обука, и е професор по Организациско однесување на програмата за Executive MBA при Универзитетот Шефилд во Солун.


Капитал број 797 06.02.2015

36

www.kapital.mk

Балкан Бизнис и Политика

Јанис Варуфакис, новото лице на грчката криза

Марксист кој ќе го спасува капитализмот

За да успее „магијата“ на грчкиот Хари Потер – премиерот Алексис Ципрас, неговиот министер за финансии, Јанис Варуфакис, треба да ја одигра улогата на Давид во преговорите со „тројката“ Голијати. Варуфакис засега покажува дека ја има барем храброста, односно дрскоста на библискиот крал на Израел и на Јудеја. Но, оние што добро го познаваат, сметаат дека архитектот на новата грчка финансиска политика ќе биде и многу попрагматичен од она што многумина го очекуваат


www.kapital.mk

Капитал број 797 06.02.2015

37

И

пишува:

Максим Ристески

maksim.risteski@kapital.mk

Иако себе си се нарекува „случаен“, на што медиумите додадоа „и радикален“, за изборот на Јанис Варуфакис за нов министер за финансии на Грција првиот епитет никако не може да се употреби. Подобен според професионалниот и идеолошкиот „бекграунд“, Варуфакис беше првото министерско решение објавено од премиерот Алексис Ципрас, кој очигледно во стратегијата на Сириза за нов договор со Брисел за грчката должничка криза токму него одамна го замислил како маша. Засега, на првата средба што може да се смета за вовед во преговорите, со шефот на Еврогрупата, Јерун Дејселблум, Варуфакис си ја одигра улогата, и во име на новата грчка Влада порача дека Грција одбива да соработува со меѓународните кредитори познати како „тројка“, и да се придржува кон нивната програма за штедење. „Одбиваме соработка со тристраната комисија, која не ја признава дури ниту Европскиот парламент“, изјави министерот, дополнувајќи дека Грција сака дијалог со Европа, но, не и со „нестабилната комисија на „тројката“ (Европската унија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд). Премиерот Ципрас следниот ден се обиде да ги смири тензиите со меѓународните кредитори, настанати по изјавите на Варуфакис, велејќи дека неговата Влада не сака конфликт, туку само време за да здивне. „Нашата намера не беше еднострано да дејствуваме по прашањето за грчкиот долг. Наш заеднички

На првата официјална средба со европски функционер, со шефот на Еврогрупата, Јерун Дејселблум, Варуфакис покажа „заби“, но, новиот грчки министер за финансии ќе биде попрагматичен од она што многумина го очекуваат кога ќе се навлезе подлабоко во преговорите, смета ученикот на Варуфакис, Паоло Пицоли

Варуфакис беше

првото министерско решение објавено од премиерот Алексис Ципрас, кој очигледно во стратегијата на Сириза за нов договор за грчката должничка криза токму него одамна го замислил како маша

интерес е економската стабилност и обновата на економијата во нашата заедничка куќа, Европа“, се помириливите тонови што прозвучија од устата на Ципрас. На атмосферата на конструктивност се надоврза и претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц, првиот висок европски претставник примен од Ципрас, кој, иако рече дека го смета за неодговорно тоа што „грчката Влада не сака веќе ефикасно да соработува со своите кредитори“, потенцираше оти „од Атина си заминал со впечаток дека со грчката Влада може да се разговара, и оти може да се постигне компромис“. Клучниот, пак, лик, во европскиот табор, германската канцеларка

Ангела Меркел, рече дека нема можност за ново бришење на грчкиот долг. Но, колку и да се силат во оваа фаза и двете страни, во перспектива би требало да се очекува компромис. И новата грчка Влада, и европскиот политички естаблишмент, и тоа како имаат што да загубат во случај на неуспех на преговорите. За да го реализира она што на Грците им го вети со амбициозната социјална програма, на Ципрас му требаат многу пари, а од нив во државната каса има многу малку и за сервисирање на досегашните обврски на државата. Не е тешко да се претпостави како ќе се одрази на неговата популарност евентуалното подолго доцнење на исплатата на платите и на

пензиите, што би се случило при крајно заострување на односите со меѓународните кредитори. Но, поради ваквата опасност - да го загуби кредибилитет кај гласачите, новиот грчки премиер и ако обезбеди нови пари од кредиторите, за возврат не смее да се откаже од барањето за олеснување на долгот. Европа, пак, стравува од неуспехот на преговорите поради последиците врз еврото, односно врз еврозоната, а и таа и во случај да најде заеднички јазик со Грција, секако, ќе внимава да не испрати порака што може да охрабри нови пробивања на политичкиот клинч во кој со децении во европските држави по две исти партии ја држат власта. Успехот


www.kapital.mk

Капитал број 797 06.02.2015

38

Балкан Бизнис и Политика

Ставовите на Варуфакис пред да му се придружи на Ципрас

Д

одека чекаме од преговорите меѓу Атина и Брисел да произлезе нешто конкретно, за позициите што ќе ги заземе левичарската Влада на Ципрас можеме да заклучуваме од изјавите што клучниот човек на новата грчка финансиска политика, Јанис Варуфакис, ги давал претходно, во 2012, 2013 година, уште пред да биде дел од Сириза. При што треба да се има на ум дека не се настапува исто од конфорот на професорската фотеља, и од жешкото столче спроти претставниците на „тројката“ меѓународни кредитори. XX Германија и наметна финансиски пакт на еврозоната „Еврозоната е невозможен проект вака како што се спроведува. Погледнете што се случува со Италија и со Шпанија. Споредете го тоа со она што се случува во Германија. Италијанската економија вештачки се турка во рецесија, бидејќи сите сме врзани за иста валута. Политиката на референтни каматни стапки на Европската централна банка се крои со интересот на германската индустрија на ум, но, таа политика е деструктивна за италијанската индустрија и за граѓаните на Италија. За да се одржи финансискиот пакт што на Ципрас јасно е дека за шпански Подемос би значел силно зголемена поддршка на изборите во декември, ако на Шпанците им се остави простор да бараат отстапки од Европа за какви што евентуално би се испазарила Грција. Патот кон компромисот според лондонски „Економист“ е Европа да сфати дека „политиките на Меркел ја задавија економијата

Германија и го наметна на еврозоната, Италија е турната во намалена потрошувачка што предизвика рецесија од 3,75%. Оваа рецесија доведе до колапс на банкарскиот систем во земјата, и сега банките не можат да им позајмуваат пари на компаниите, што значи продуктивните, ефикасните и профитабилните фирми остануваат без работа. Сега, кога кризата се продлабочува, цената на позајмување за германската влада паѓа, бидејќи парите од Италија се влеваат во Германија. Германската влада никогаш порано не плаќала толку ниски каматни стапки како сега. Трошоците на германската влада и индустрија се намалуваат, додека трошоците на италијанската влада и индустрија се зголемуваат. Ова е рецепт за распаѓање на еврозоната“ XX Зошто токму на Грција е префрлен најголемиот товар на евро-кризата? „Грција беше канаринец во рудник. Таа беше првата и најровка економија што ја издаде заедничката тајна дека конструкцијата на еврозоната е дефицитарна. Така стана главен кандидат за жртвен јарец“ „Спасувањето на Грција немаше за цел решавање на проблемите на земјата. Оригиналното сценарио за спасување беше циничен трик

на континентот и воведоа дефлација“, и оти грчкиот долг е преголем за да може да се врати. А Ципрас да се држи до структурните реформи, концентрирајќи ги своите левичарски нагони на борба со заштитените олигополи во Грција и со корупцијата.

Марксист кој „гине“ за спас на капитализмот

Јанис Варуфакис главната причина за проблемите на Грција ја гледа во одлуката на

за пренос на загубите од книгите на германските и француските банки на рамениците на грчките, на германските и на француските даночни обврзници. Со вториот и третиот круг на спасување само се направи обид да се скрие вистината за првиот“ XX Мерки што би можеле брзо и безболно да ја решат кризата „За да се отстрани должничката криза би требало долгот на секоја земја-членка да го поделиме на два дела – дел што ни е дозволено да го имаме, прифатлив долг, и друг дел што не ни е допуштено да го имаме. Треба да се натера Европската централна банка да го сервисира прифатливиот долг. Не да го плати, не зборувам за отпишување на долгот, туку да го сервисира. Проблемот што го имаат Шпанија, Грција, Италија ... е што не можат да позајмат од приватните инвеститори за покривање на долгот, бидејќи се нема доверба во влада која банкротирала. Меѓутоа, инвеститорите ќе и веруваат на Европската централна банка (ЕЦБ) ако таа позајмува директно од инвеститорите во името на Грција или Италија за тој дел од долгот, добриот долг, и ЕЦБ ќе ги натера овие земји да го вратат долгот. ЕЦБ во случајов би била посредник меѓу

досегашните власти тежината на кризата да ја префрлат на најкревките рамена меѓу народот, што довело да крах на економијата. Посочува дека за сфаќање на грешките се потрошиле осум-девет години, и смета оти „ќе нема светлина во тунелот“ ако политиките во државата не се изменат од корен. Но, при спроведувањето на овие радикални реформи, новиот грчки министер за финансии

ќе биде многу попрагматичен од она што многумина го очекуваат, смета ученикот на Варуфакис, Паоло Пицоли, кој е аналитичар на ING Financial Markets. Во пресрет на изборите, тој оцени дека кај неговиот професор има конструктивен став содржан во изјавата дека „треба да се минимизира конфликтот и да се максимизираат можностите за взаемно корисен договор“. Варуфакис


www.kapital.mk

Капитал број 797 06.02.2015

39

интернационалните инвеститори и државите-членки. На крајот ќе се случи каматните стапки да паднат на просечни четири, пет отсто. Тоа значи дека за над 20 години долгот ќе го снема“ „Ни требаат огромни инвестиции бидејќи сме во рецесија. Ни треба „Њу дил“. Она што Френклин Рузвелт го направи во Америка, ни треба во Европа, и ние тоа можеме да го направиме, бидејќи ја имаме Европската инвестициска банка, која е сосем способна ова да го стори, ако и биде дозволено. Дури и само да ги најавиме овие мерки утре, кризата би ја снемало за една недела, но, тие тоа не го правиме, и постои причина зошто тоа не го правиме, а таа е актуелната е доктор по економија, образуван во Велика Британија (докторирал на Универзитетот во Есекс), а предавал во Австралија, во САД и во Грција. Познат е по гостувањата на големите ТВ-мрежи (BBC, CNN, Russia Today) како економски аналитичар, и автор е на повеќе книги од која најпозната е „Глобалниот минотаур: Америка, Европа и иднината на глобалната економија“. Варуфакис е и блогер, а првата работа што по победата на Сириза ја напиша на својот популарен блог за економија, беше следново: „Ќе ги уништиме грчките олигарси, ќе ги уништиме основите на кои тие од деценија во деценија градеа ваков систем, мрежа која злобно ја исцицуваше енергијата и економската моќ од сите други во

политика. Инаку, сите овие мерки заедно, би ги чинеле германските даночни обврзници помалку од она што го плаќаат сега, и би решиле проблемите без болното штедење“ „Нов договор“ што би придонел за рестартирање на Европа, Варуфакис побара и сега, како министер за финансии. „Нов договор“ е потребен поради намалување на трошоците на грчката криза, и тоа не само за грчките граѓани, туку и за граѓаните на Словачка, на Холандија, на Италија, на Португалија, на Германија, и за секој граѓанин на Европа“, изјави Варуфакис, кој посакува новиот договор да биде постигнат до крајот на месец мај.

нашето општество“. Академската специјалност на Варуфакис е теорија на игрите, проучувањето на стратешкото носење одлуки во ситуации кога луѓе со различни интереси се обидуваат да ја максимизираат добивката, а да си ја минимизираат загубата. „Тој ќе планира повеќе од неколку чекори однапред во преговорите со „тројката““, вели колегата на Варуфакис од Универзитетот во Тексас, Џејмс Галбрајт, кој новиот грчки министер за финансии го опишува како „најсилна и најдлабока интелектуална фигура што сум ја сретнал во мојата генерација“. Варуфакис себе си се опишува како марксист, но, чуден марксист, кој целата своја енергија ја насочува на спречување на пропаѓањето на

капитализмот. „Постојано се трудам оние кои владеат да ги натерам итно да усвојат смели мерки за да спречат кризата да го уништи капитализмот. Сепак, уште од студентските денови во Британија, единствен начин на којшто можев да го сфатам светот во кој живееме е преку методолошките очи на Карл Маркс“. Историски личности кои најмногу го инспирираат се, секако, Маркс, потоа и Че Гевара и Арис Велучиотис (еден од лидерите на ЕЛАС, грчката Народноослободителна aрмија). Варуфакис од 2004 до 2006 година бил советник за економија на Јоргос Папандреу (тогаш во опозиција), но, од кризата наваму остро ја критикуваше економската политика на неговата влада. nnn


www.kapital.mk

Капитал број 797 06.02.2015

40

балкан бизнис и политика

Ивица Тодориќ Агрокор

Емил Тедески Атлантик Група

Драгутин Дрк Виндија

Србите во паника. Хрватите ги купија најголемите српски брендови Најмногу српски брендови поседува хрватската компанија “Агрокор”, во сопственост бизнисменот Ивица Тодориќ и “Атлантик Група”, во сопственост на Емил Тедески. “Гранд кафа” повеќе не е српска, како ни чоколадите “Најлепше жеље”, маслото “Дијамант” и најстарата српска вода “Караѓорѓе”.


www.kapital.mk

С “Смоки”, “крем банана”, “Фриком” сладоледи “Бакина тајна” се само некои од познатите српски брендови чии сопственици денес се Хрвати. Истовремено Србите во Хрватска не поседуваат ништо. Според пишувањата на српскиот весник Блиц, најмногу српски брендови поседува хрватската компанија “Агрокор”, во сопственост бизнисменот Ивица Тодориќ и “Атлантик Група”, во сопственост на Емил Тедески. “Гранд кафа” повеќе не е српска, како ни чоколадите “Најлепше жеље”, маслото “Дијамант” и најстарата српска вода “Караѓорѓе”. И додека компаниите од Хрватска владеат во српската прехранбена индустрија, само три српски фирми успеваат да се пробијат на хрватскиот пазар. Тоа се “Свислион”, која купи кондиторска фирма од Сисак, “NCA investment group”, која ја купи трговската фирма “Магма” и развојните фондови на Србија и Војводина кои ја превземаа А штедна банка. Милан Простран, агроекономист од Србија објаснува дека српските компании и во стара Југославија имале проблем да најдат места на пазарите во Словенија и Хрватска. “Секогаш постоела некоја непишана одбивност кон нашите компании. Сепак напнатата ситуација не им сметаше на бизнисмените од Хрватска. Точно знаеа што сакаат и настапија многу агресивно, бидејќи “бизнисот е бизнис”. Хрватските фирми промислено инвестираа и ниту една компанија која ја купија не ја уништија”, објаснува Простран. Тој истакнува дека сите фирми

Капитал број 797 06.02.2015

41

Хрватски компании и бизнисмени во Србија Атлантик ГрупаЕмил Тедески

Гранд кафа, бонита кафа, крем банани, смоки, најлепше жеље, свит, за-за, фазон, рима стапчиња, штарк наполитанки, бакина тајна, вода караѓорѓе

АгрокорИвица Тодориќ

Фриком сладоледи, Фриком замрзната програма, масло Дијамант, Добро јутро маргарин, Дијамант мајонез, мутивита, мивела 2005-Го купи ваљевски Унип, фабрика за сточна храна 2008- Ја купи Лаковачка млекара

ВиндијаДрагутин Дрк

2009-Купи фабрика за месо во Пландишт 2012-Купи млекара во Сента Поседува фарми за пилиња во Пландишт, Велика Греда и Руклада 2003- Го купи ИГМ Стражилово во Сремски Карловац Ги поседува Полет ИГК, Полет керамика, фабрика за цигли во Нови Бечеј

Неке ГрупаИван Ерговиќ

Јелен дол, фабрика за гипс во Пожега Неке бетон во Нови Сад

Кроација Осигурање го купи Милениум Осигурање Дукат го купи Сомболед Пастор Група ги купи белградски Гасоп и Ватроспрем М-профил ја купи текстилната фабрика Интек Свислион Таково ја купи фабриката 2008.Еурофуд Маркет од Сисак NCA Investment Group стана мнозински 2010.сопственик на трговската фирма Магма за развој на Војводина и Србија ја 2011.Фондови превземаа хрватска А штедна банка и ја нарекоа Тесла штедна банка

Српски компании и бизнисмени во Хрватска

Вложувања од 1999 до 2013 година

658

40

кои Хрватите го купиле во Србија биле здрави фирми. “Српските фирми не успеаа да се изборат за место на пазарот на соседна Хрватска. А не е дека не се обидоа. Компанијата “Делта” на Мирослав Мишковиќ се обидуваше да купи земјиште во Загреб и фирма од месната индустрија. Но, не успеа и покрај пријателските врски помеѓу Мишковиќ и Тодориќ. “Дунав група”, во чиј состав

се “Имлек” и “Млекара Суботица”, не успеа да ја купи “Карловачка Млекара”. Во Стопанската комора на Србија објаснуваат дека причините за овој неуспех на српските фирми треба да се бараат и во поголемите даночни оптеретувања за инвеститорите, но и во неблагонаклоноста кон српските производи и фирми. “Во Србија и понатаму има многу потенцијал за инвестирање во

милиони евра има инвестирано Хрватска во Србија

195

12

милиони евра Србија хрватски компании српски компании инвестирала во Хрватска работат во Србија работат во Хрватска

патната инфраструктура, во индустријата, во енергетиката, земјоделието, туризмот, додека Хрватска тие потенцијали ги искористи порано. Хрватска има поголеми финансиски оптеретувања на странските инвеститори, поголеми стапки на добивка, повисоки стапки на ДДВ и поголеми трошоци за работна сила во споредба со Србија”, велат од Стопанската комора на Србија. nnn


Капитал број 797 06.02.2015

42

www.kapital.mk

свет Бизнис и Политика

Успехот на Ципрас и отвара пат на левицата

Европа ja чека домино - ефект на Сириза

Европа стравува дека ако му овозможи евентуален успех на Алексис Ципрас, доволен за да ја оправда довербата добиена на изборите во Грција, тоа може да падне на следното, шпанското домино, и така натаму, кон Брисел, каде што ќе се бара истото што го добиле Грците. Но, уште поголем проблем на Европа би и направил неуспехот на Ципрас, за чии идеи политиките на ЕУ дефинитивно создале голема целна група, исцрпена од мерките за штедење, која ако потфрли Сириза, веројатно ќе се сврти кон најекстремните политички сили, како Златна зора; а такви не им недостасуваат и на другите европски држави


www.kapital.mk

Капитал број 797 06.02.2015

43

Т

пишува:

Максим Ристески

maksim.risteski@kapital.mk

„Тик-так, тик-так“, одбројуваа десетиците илјади Шпанци на мадридскиот плоштад Порта на сонцето, собрани денес, кога чувствуваат дека наближува времето што го најави нивната претходница пред четири години - „индигнадосите“, кои ги окупираа плоштадите во повеќе шпански градови незадоволни од устројството и од функционирањето на носителите на политиката во земјата, сметајќи дека не се претставени од ниту една од политичките опции. Сега гневот (индигнацијата) на овие луѓе е канализиран во политичката борба на партијата Подемос. Само една година по формирањето, Подемос, што значи „можеме“, е во позиција (тоа го покажуваат и анкетите) да го урне двопартискиот систем (на моментално владејачката Народна партија и на опозициската Социјалистичка) во Шпанија, воспоставен уште во 1975 година, по смртта на генералот Франко, и одржуван до денес. За Подемос и претходно се сметаше дека ќе му ги замрси сметките на досегашниот политички дуопол на изборите што во Шпанија ќе се одржат годинава, но, безмалку 100.000 луѓе излегоа на плоштадот Puerta del Sol за со сигурност да најават дека 2015 ќе биде нивна година, дури откако Сизира на изборите во Грција покажа дека се може против политичкиот естаблишмент - локалниот - поддржан и од највисокиот европски. Затоа „тик-такањето“ требаше да прозвучи на фонот на другиот слоган што одекнуваше на мадридскиот плоштад - „Можеме (Подемос)“. „Граѓаните на прашањето

За Европа подобро ќе биде да се менува поради ликови како Алексис Ципрас или Пабло Иглесиас (Подемос) ...

... отколку поради ликови како Николаос Михалолиакос (Златна зора) ...

... или како Марин Ле Пен (Национален фронт)

дали можеме да изградиме подиректна демократија, да нè претставуваат борците за нашите интереси, а не тие кои се подредени на диктатот на финансиските моќници, одговорија јасно Да, можеме“, истакна лидерот на Подемос, Пабло Иглесиас, на собирот на партијата за која нагласува дека не е политички експеримент, туку оти е настаната на „урнатините на олигархискиот режим“. Неколку денови претходно, на предизборниот митинг на Сириза во Атина, Иглесиас рече дека „ветрот на демократските промени дува низ Европа“, и оти ако „промената во Грција се вика Сириза“, нејзиното име во Шпанија е Подемос. Шпанскиот пандан на Сириза, исто како и грчката партија, ја критикува елитата, корупцијата, мерките за штедење, и сето ова како причина за големата невработеност. Ваквите идеи кои го галат

увото ја доведоа Подемос до над милион гласови на изборите за Европарламентот (одржани лани, во мај) и и обезбедија пет седишта во оваа институција. За уште поголема приемливост, идеолозите на партијата се против традиционалната поделба на левичарски и на десничарски партии, а признаваат само разлика меѓу „привилегираните“ и „обичните“ луѓе. Масата приврзаници на Подемос не ја прави шпанската „социјала“, туку добро образовани, професионално реализирани луѓе, како лидерот Пабло Иглесиас, која е доктор на политички науки и професор на Универзитетот во Мадрид. Пред подемот на Подемос, беше најпознат како модератор на политички дебати со голема гледаност на шпанската телевизија. „Ветровите на промените“ можеби најсилно дуваат во Грција и во Шпанија, но, релативно влијателни

движења или партии што се противат на мерките за штедење како политика форсирана од европскиот врв за борба со кризата, има и во Италија, и во Португалија, и во Ирска ... На Апенинскиот полуостров, дипломираниот книговодител кој сосем случајно станал комичар, а потоа и политичар, Бепе Грил, е лидер на движењето Пет ѕвезди, кое на изборите за Европарламентот освои 20% од гласовите во Италија. Португалија го има движењето Време за напредок (Tempo de Avancar), кое најостро се противи на мерките за штедење, а како локални виновници ги визира двете партии кои традиционално се менуваат на власт во земјата.

Може ли Сириза да испадне левичарски тројански коњ?

Дилемата дали ќе успее новата грчка Влада на Алексис Ципрас да направи


www.kapital.mk

Капитал број 797 06.02.2015

44

свет Бизнис и Политика

доволно, барем толку колку што е неопходно за да ја оправда довербата добиена на изборите, се разгледува низ призмата на опасностите за Европа како можниот домино-ефект од други земји кои ќе го бараат истото што евентуално би го добил Ципрас; а ако, пак, Грција не добие доволни отстапки, тука е заканата за еврозоната. Но, одредени аналитичари сметаат дека катастрофалните последици за Европа, во случај да не му се даде на Ципрас (и на евентуалните негови пандани во други земји) да може да каже дека ги исполнил своите ветувања, би било доаѓањето на власт на уште порадикални опции (од Сириза). „Тоа би можело да доведе до уште поголем пораст на фашизмот и на екстремизмот

на локално ниво, како и на интернационално. Гласачите на Сириза во голем број се луѓе кои мерките за штедење ги исцрпиле. Ако тие се почувствуваат предадени, може да се свртат кон поекстремните политички сили, како Златна зора. На левата, пак, страна, порадикални од Сириза се само комунистите. Слични тенденции се засилуваат, и би можеле да се наметнат по неуспехот на партиите како Сириза“, смета Танасис Тробукис, главен уредник во грчкото издание на магазинот „Вајс“. Да ја парафразираме пораката - ако и се направат отстапки на Сириза (или на некоја слична партија во друга држава) која се смета за радикална, ќе се спречи поголемиот проблем, односно стапувањето на

сцената на најрадикалните партии (британската Партија за независност на Обединетото Кралство, Германската Алтернатива за Германија, францускиот Национален фронт на Марин Ле Пен). По слично сценарио, најверојатно, би се одвивале работите и во случај евентуалниот неуспех на Владата на Ципрас да не биде резултат на жестока конфронтација со Европа, туку, токму напротив, доколку биде направен компромис на истата релација, што би значел Сириза да „легне на брашното“ замесено за да расте интересот на крупниот капитал преку институциите на системот. „Стравувам не од ирационално однесување на Сириза по победата, туку од можноста таа

да прифати рационален валкан компромис што ќе ги разочара гласачите, и чие обновено незадоволство веќе нема да биде под контрола на Ципрас“, смета словенечкиот философ, Славој Жижек. На оваа теза се надоврзуваат ставовите на одредени аналитичари дека нема да се зачудат ако Сириза испадне оти била левичарски тројански коњ што ја привлекол средната класа само за да дојде на власт и да изведе напад од рамките на Европската унија. Ним им се спротиставуваат колеги кои сметаат дека Сириза веќе направила отстапки во однос на својата поранешна порадикална агенда, но, само за да го намали отпорот на ЕУ (и на гласачите кои се плашат од сè што е многу радикално) во пресрет на изборите. nnn


www.kapital.mk

Капитал број 797 06.02.2015

Технологија и бизнис

Битка на титаните

Мајкрософт спрема силен удар на Гугл Гугл е творецот на Андроид, најпопуларниот оперативен систем за мобилни уреди, со 80% удел на светскиот пазар. Мајкрософт, неговиот лут конкурент, влегува во стартап кој што прави свои верзии на Андроид, со намера да ја ослабне контролата на Гугл врз “своето сопствено чедо“

Н

Низ технолошките кругови во светот деновиве проструи вест дека Мајкрософт (Microsoft) ќе инвестира во Сијаноген (Cyanogen), стартап кој што гради и развива своја верзија на Андроид (Android) што е независна од онаа на Гугл (Google). Според Вол Стрит Џурнал (Wall Street Journal), Мајкрософт ќе биде малцински сопственик со 70 милиони долари влог, во Сијаноген кој што се проценува на неколку стотици милиони долари во моментов. Андроидот на Сијаноген е инсталиран во OnePlus One, смартфон кој што лани доби мноштво извонредни оценки и стана толку популарен, што кинескиот производителот не можеше да ги задоволи

нарачките. Оваа инвестиција на Мајкрософт можеби звучи чудно, затоа што компанијата има своја мобилна платформа, Windows Phone, и во моментов развива смартфони што работат на Windows 10, кои што треба да излезат на пазарот од следната година. Но, има неколку причини зошто сето ова има смисла. Прво, Мајкрософт е малку “лош“ во ситуацијава, поттикнувајќи го своевидниот хаос во кој што Андроид се наоѓа во моментов. Андроид е најраспространетиот оперативен систем за паметни телефони на планетава и држи околу 80% од пазарот. Но, постојат неколку различни “вкусови“ на Андроид и не сите се под контрола на Гугл. Компаниите што сакаат да го користат брендот Андроид во своите телефони мора да ја прифатат верзијата на Гугл, која што е поврзана со различни сервиси на Гугл, плус уште еден куп опции, а Гугл ја апдејтува редовно. На пример, најновата верзија на

Андроид, Лолипоп (Lollipop), го користи Гугловиот “материјален дизајн“, што го прави неговиот изглед да наликува повеќе на Гугловите вебсајтови.

Различните верзии на Андроид се голем проблем за Гугл

Гугл исто така го дава “срцето“ на Андроид под услови на т.н. open-source лиценца. Секој што знае да програмира може да ја земе таа основа на системот и да ја модификува и на крајот да ја лансира без никакви линкови со сервисите на Гугл или други ограничувања. Амазон, на пример, ја базираше целата своја Fire линија на преработена l OnePlus One, паметниот телефон што прави бум на светскиот пазар, користи верзија на Андроид, развивана од компанија во која влегува токму Мајкрософт

45

верзија на Андроид, па еден куп производители на смартфони од Кина и други земји, вклучувајќи го и горе споменатиот OnePlus, го прават истото. Сите овие различни верзии на Андроид се вистински проблем за Гугл, затоа што тоа значи дека: а) не секој Андроид телефон ги промовира Гугловите онлајн сервиси и рекламите што одат на нив, преку што Гугл всушност заработува најмногу , и б) развивачите на апликации имаат големи тешкотии да одат во чекор со сите тие различни верзии на Андроид, што ги тера попрво да прават апликации за iOS на Apple. Гугл би сакал да го стави Андроид целосно под контрола, и веќе тргна доста опции од јадрото на системот за да ги стави во верзии што се одобрени од Гугл. Со инвестирањето во Сијаноген, Мајкрософт му ги отежнува уште повеќе овие напори на Гугл. Втора причина: Мајкрософт мора да ги држи развивачите на апликации заинтересирани за своите платформи, затоа што Windows не е повеќе доминантен како што беше порано. Еден начин да се охрабруваат програмерите е да им се олесни на традиционалните програмери за Мајкрософт да развиваат апликации за уредите што не работат на Виндоус. Така на пример, минатата година Мајкрософт инвестираше во компанијата Ксамарин (Xamarin), што им овозможува на програмерите за Мајкрософт да ги префрлат своите апликации на iOS и Android многу полесно. Преку инвестирањето во Сијаноген, Мајкрософт ќе може да влијае врз насоката во која ќе се развива нивната верзија на Андроид, олеснувајќи им на програмерите на Мајкрософт да држат чекор со неа. nnn


www.kapital.mk

Капитал број 797 06.02.2015

46

CEO Profile како што биле големите загуби, предизвикани од бизнисот на Дојче Пост во САД. За време на неговото раководење, Дојче Пост има купено преку 100 компании, правејќи ја фирмата присутна во повеќе од 200 земји во светот, со преку 470.000 вработени. Една од најважните работи што Апел ги направи е ширењето на бизнисот во Азија, каде што се случи инвестиција од преку 2,5 милијарди долари. Во 2013 година, азискиот регион придонесуваше со речиси 20% во вкупните приходи на компанијата. Уште повеќе, проекциите се дека во следните пет години регионот Азија-Пацифик ќе носат околу една третина од приходите на групацијата.

Научен пристап

Франк Апел Deutsche Post

Научник во менаџерските води

Р

оден во 1961 година во Хамбург, Апел магистрирал хемија на Универзитетот Минхен во 1989 година, а четири години подоцна и докторирал невробиологија. Во тој период бил вклучен во научни истражувања за регенерирањето на клетките од ‘рбетниот столб при Швајцарскиот федерален институт за технологија. Потоа драстично го менува правецот на својата кариера и на возраст од 32 години, во 1993 година почнува да

работи за McKinsey & Co, една од најголемите консултантски куќи светот. Во 1999 година стигнува и до позицијата партнер во фирмата. Со искуство во науката, па потоа во менаџмент консултантсвото, Апел потоа прави уште една промена, откако заминал во Дојче Пост, најголемата поштенска компанија во Германија и светот, наследничка на поранешната државна Дојче Бундеспост, приватизирана во 1995 година. Таму почнал на позицијата менаџер за корпоративен развој во 2000 година. Бргу напредувал во

хиерархијата, станувајќи член на управниот одбор во 2002 година, потоа менувал повеќе високи позиции, за да во 2008-та стане и главен извршен директор на компанијата, откако дотогашниот шеф Клаус Зумвинкел ненадејно поднесува оставка, заради кривичната истрага околу наводно даночно затајување. Првата задача на Апел како CEO била да го зајакне моралот во Дојче Пост, заради случувањата со претходниот директор. Но, исто така, требало да се соочи и со бројни предизвици,

Како што вели самиот Апел, неговото искуство во науката му помогнало да ги постигне целите како СЕО. “Она што научив сигурно е да преработам мноштво информации и да го одделам важното од неважното. Па, ако ми дадете 30 страници со табели и бројки, ќе ви кажам што е повеќе важно, што помалку. Кога сте правеле ‘дигестирање’ на информации по цел ден во хемијата, како што правев јас 10 години, тогаш е лесно. Секој ден го почнувате со експерименти и 95% од нив се неуспешни“, вели тој. Тој додава дека за време на студиите сфатил дека “секој ден мора да го почне во добро расположение и да биде возбуден дури и кога знае дека изминатите пет дена што и да пробал, отишло по ѓаволите.“ Откако бил назначен за прв човек на фирмата, Апел ја репозиционирал Дојче Пост како организација што е способна да ги исполни очекувањата на секој индивидуален клиент. Традиционално корпоративен поштенски сервис, со растот на е-трговијата во светот, Дојче Пост почнува токму оваа област да ја користи како мотор на својот раст. Па, додека традиционалниот тип на порачки вклучуваа големи волумени на пратки што патуваат по регуларните рути до бизнис корисниците, денес, онлајн нарачките се состојат од помали пакети што се испорачуваат до крајните корисници.


www.kapital.mk

Капитал број 797 06.02.2015

47 БРОЈКИ

1995

формирана со приватизација на Дојче Бундеспост

40.7 2.86 470

милиони домаќинства опслужени

милијарди долари профит во 2013 година

илјади вработени

Тоа значи дека Апел требаше да го реформира начинот на кој што Дојче Пост ја перцепира својата база на клиенти, и водејќи се од ова, тој спроведува проект за намалување на трошочната основа истовремено како што пратките стануваат сè помали и помали, а се испраќаат до сè поголем број клиенти. Во јули 2012 година, Апел го пушти во употреба центарот на DHL Express (DHL e инаку во сопственост на Дојче Пост, н.з.) за северна Азија, капацитет што е дел од компанискиот бизнис на достава на пратки со авиопревоз, и најголем од таков вид во Азија. Инвестицијата беше вредна 175 милиони долари. Освен ова, тој планира инвестиција од уште 132 милиони евра следниве две години во авиони што ќе летаат помеѓу северна Азија, Европа и САД. Овој сервис треба да процесира околу 20.000 пратки и 20.000 документи за еден час. Преку северноазискиот цента, ќе се опслужуваат Тајван, Јужна Кореа и западна Кина.

Човечен менаџмент

“Колегите постојано ме прашуваат следново: ‘како најдобро да планираме

за почетоците Доктор на науки во областа на невробиологијата, Апел стана директор на Дојче Пост (Deutsche Post) во 2008 година. Неговиот научен пристап, во комбинација со чувството за човечност и верба во индивидуалните квалитети на вработените, го доведоа до извонреден успех за во иднина?’, a мојот одговор е ‘со поставување на вистинските прашања во вистинско време’. Иако луѓето знаат да бидат доста негативни, она што обично се случува не е толку лошо како што сите очекуваат. Јас бев голем идеалист кога имав 18 години, како и сите тинејџери. Секогаш се надевате дека утре ќе биде подобро, дека може да направиме толку многу за луѓето, и се прашувате зошто толку многу луѓе се уште живеат во сиромаштија кога светот е толку многу богат. Бројот на негативни пораки расте од дното кон врвот на хиерархијата. На моето биро ги добивам сите проблеми што другите не може да ги

решат затоа што кога мојот управен одбор би можел да ги реши, тие не би стигнале до мене. Тие доаѓаат до мене кога проблемот е преголем и тие не знаат што да направат понатаму“. Како главен извршен директор, Апел сака да мотивира и влијае врз луѓето со јасна цел: “Сакам да ги обликувам нештата и да направам разлика. Сакам да наоѓам нешто што може да им помогне на луѓето. Вашиот ум ви треба за да ви го дава правецот, срцето ви треба за да покажете емпатија и разбирање за луѓето со кои работите, без оглед дали се вработени, клиенти или добавувачи, а силен ‘стомак’ ви треба за да носите

значајни одлуки во тешки моменти“. Меѓутоа, тој исто така верува и во одржување на балансот работа-приватен живот, одбирајќи да работи исклучиво од понеделник до петок, за да може викендите да ги поминува со семејството. “Мојата лидерска филозофија има повеќе елементи; треба да им дадете на луѓето некаква цел. Луѓето сакаат да работат за компании што прават нешто значајно. Ние им помагаме на земјите да се развиваат. Овозможуваме просперитет“. Апел смета дека без остварување добри резултати компанијата не може да опстои долго време. “Без почит за вработените, клиентите, инвеститорите и општеството, компанијата утре ќе ја снема. Треба да ги обучувате луѓето да може лесно да се вработат било каде во случај да правите реструктурирање. Би бил среќен кога сите вработени би рекле ‘спремни сме да си одиме, но среќни да останеме’. Што значи, да имаат шанса за успех и на друго место, но да не сакаат воопшто и да помислуваат на тоа“. nnn


Капитал број 797 06.02.2015

48

www.kapital.mk

нА РУЧЕК СО...

Мирче Адамчевски новинар

Желбата за конт на медиумите е поголема од се


www.kapital.mk

49 Од богатото мени на Стоун Бриџ одбравме: l лосос на скара и l десерт туфакија

трола

е

Капитал број 797 06.02.2015

Квалитетните новинарски стандарди од пред неколку децении, законската регулатива и слободата на медиумите во Македонија, состојбите во Москва како поранешен дописник од таму, успешната приказна на специјализираното списание Порта 3 и возбудливиот приватен живот на Адамчевски се дел од темите на кои го ограничивме разговорот со нашиот гостин во рубриката разговарал и фотографија

M Дејан Азески

dejan.azeski@kapital.mk

Мирче Адамчевски, иако веќе ја помина средината на шестата деценија се уште работи и е активен како да е во третата. Тој е ангажиран на неколку, а единствен бенефит кој како пензионер го очекува од сиот овој труд е тоа што никогаш не му е досадно. Квалитетните новинарски стандарди од пред неколку децении, законската регулатива и слободата на медиумите во Македонија, состојбите во Москва како поранешен дописник, успешната приказна на специјализираното списание Порта 3 и возбудливиот приватен живот на Адамчевски се дел од темите на кои го ограничивме и онака долгиот разговор.

Новинарството некогаш имаше стандард и принцип

Мирче Адамчевски заедно со плејада други истакнати новинари потекнува од големата новинарска школа на Нова Македонија. Како денеска се сеќава дека во 1979 година бил примен на работа на голем распишан конкурс од тогашниот НИП и кариерата ја почнал од прочуената градска рубрика. „Панде Колемишевски беше мојот ментор и човекот од кој најмногу научив. Станува збор за извонреден новинар и раководител и уште поинтересен човек. Најважно од се за Панде и сите останати раководители од тој период е што почитуваа принцип. Сите имавме еднаков старт и еднакви шанси за успех. И сите моравме на почеток да

ги поминеме сите сектори се додека нашите афинитети кон една област не излегоа на површина. Самиот факт кои се новинарски имиња излегоа од тогашното новинарство најдобро зборува за тоа какво био новинарството тогаш.“ Адамчевски во строгата хиерархија на Нова Македонија брзо напредува за после десет години активна работа во ноември 1989 да е специјален известувач од берлинските настани по падот на фамозниот ѕид. „Хронологијата на настаните сите ја знаат. Но она што треба да не научи падот на ѕидот е дека после тој настан на власт не дојдоа тие кои вистински го рушеа, односно научната и уметничката интелегенција на Источна Германија, туку власта на првите слободни избори, во март наредната година, ја приграбија западногерманските политичари и нивните партии, кои од новиот развој на настаните имаа најголем интерес. Значи тоа треба да го имаат предвид и нашите студенти, интелектуалци, демонстранти и борци за права. Некој на крај сигурно ќе ја искористи и злоупотреби нивната искрена и чиста борба. Но тоа во никој никој случај не значи дека не треба да се протестира за права и слободи.“

Власта е жедна за медиумска контрола

Мирче Адамчевски е поранешен претседател на Советот за радио дифузија и долгогодишен активист во сферата на слободата на медиумите и новинарските права. Поради тоа од него побаравме анализа на актуелните состојби, закони и перспективи во оваа област. Тој ни даде навистина егзактен и директен одговор со кој веројатно ја постави најточната дијагноза за болеста која ги има зафатено македонските медиуми. „Треба да почнеме од начинот на кој се донесоа измените во Законот за радиодифузија во 2011 година. Уште не составена владата, двата коалициони партнера

во Собранието поднесоа два закона. Јавна тајна е дека тоа беше плод на договор со албанскиот коалиционен партнер поврзано со амнестија на учесниците во конфликтот од 2001 година, но и на некои од нив како осомничени воени злосторници. За возврат македонскиот партнер доби зголемување на бројот на членовите на Советот од девет на 15 со што доби можност за контрола на Советот за радиодифузија. Потенцијални воени злосторници се помилуваа само да се стави рака врз СРД! И, се разбира, откако власта се инсталира во него, односно во сега по ново, Агенција за аудуиовизуелни медиумски услуги, со новиот закон за аудивизуелни медиумски услуги бројот на таквите членови се намали на седум. Сето ова најјасно кажува колкава е желбата на власта да ги контролира медиумите. Сега повторно се реактуелизира ревизија на единствената отстапка која ја направи власта досега, при носењето на Законот за медиуми, исклучување на порталите од законските рамки. Ако тоа навистина се воведе радикално ќе се променат состојбите на уште полошо и јас мислам дека ние новинарите не треба да го дозволиме тоа, иако и во новинарската сфера има повици за регулирање на порталите. Трето се создава основа за долгорочни реперкусии од ваквите состојби. Прашање е дали и следната власт ќе сака да ги смени ваквите закони кои и гарантираат и повеќе од комотна позиција на владеење, без медиумите како природен коректив “. Адамчевски ја извршува и функцијата претседател на Комисијата за жалби при Советот за етика на медиумите. Тело кое уште на самото негово основање побуди широк јавен интерес со смелоста на нивните постапки, но и тело кое според сите светски стандарди е повеќе од неопходно за нормално функционирање на медиумската сфера. Адамчевски е голем оптимист


www.kapital.mk

Капитал број 797 06.02.2015

50

нА РУЧЕК СО...

Прашање е дали и следната власт ќе сака да ги смени ваквите закони кои ќе и гарантираат комотна позиција. во врска со долгорочниот развој на Советот за етика. „Во моментов имаме доста опструкции. Нашите одлуки не се објавуваат во медиумите основачи, иако тоа е нивна обврска. Но во денешното современо општество има многу начини една информација или одлука да биде пласирана до пошироката јавност. Советот за етика е како новороденче и мора да се негува, но затоа на долг рок очекувам дека јавноста, пред се граѓаните и НВО, како и медиумите ќе ја разберат нашата вистинска функција. И дека повеќе и повеќе ќе се обраќаат до нас. Најважно е да се сфати дека ние не сме Совет на честа при ЗНМ, туку сосема друго тело и не сме насочени кон индивидуални постапки на новинарите, туку кон работењето на целите медиуми. Нашата функција е да им олесниме на медиумите за нивните грешки, да не дојдат пред вистински суд каде ќе платат навистина високи глоби. И тие треба и на крај ќе не сфатат како таква институција

од која сите заедно ќе имаат корист “

Кремљ е пред многу сериозен испит

Уште еден интересен детал кој ни го раскажа Адамчевски од неговата богата дописничка кариера е и неуспешниот државен удар во Москва 1993 година или поточно судирот меѓу „старите“ и „новите“ кадри, од каде директно известувал. „Тоа беше вистинска војна, бидејќи со тенкови на 4 октомври, се пукаше на руското

Моја проценка е дека ако нема масовна руско-украинска војна Путин ќе владее уште долго, но со сериозни економски потешкотии.

собрание, каде што беа блокирани противниците на претседателот Борис Елцин. Блокадата траеше со недели, имаше обиди за заземање на државната телевизија и нормално имаше многу мртви, а најмногу меѓу случајните минувачи и сеирџии. Се сеќавам дека собраниетоВрховниот совет, беше опколено со три појаси. Прв беше оној на бранителите на Врховниот совет, потоа собраниски полицајци и на крај полицијата од власта. Тука ќе направам уште една паралела со нашава денешница. Таму секојдневно во услови на пукање без никаков проблем со новинарската легитимација ги поминував тие три појаси и влегував во собранието. Кога беа случувањата со А1, со истата таква легитимација нашата полиција не ме пушти да влезам внатре.“ Адамчевски поминува повеќе од шест години (1993-1999) во Москва како постојан дописник на Нова Македонија. Станува збор за еден од најтешките периоди во Руската историја воопшто од кој Адамчевски има навистина бројни сеќавања и импресии. Веројатно како последица на ваквиот минат труд тој е еден од ретките кој и ден денеска секојдневно ги прати состојбите во Русија за кои нема многу оптимистички најави. „Западот греши ако мисли дека ќе ја маргинализира Русија како светска сила. Таа постои и уште долго ќе биде тоа што е. Но од друга страна сега излегува на виделина и се потврди сознанието дека целиот препород што економски го

Порта 3 е доказ дека во Македонија сепак можат да успеат специјализирани медиуми.

ЗА младоста Татко ми, по војната дојден од Прилеп во Скопје, каде што се сретнал со мајка ми, во населбата Пролет, инсистираше наместо гимназија да се запишам на некој занает, да имам струка. Хемијата изгледаше како добра професија во тој момент, но проблемот беше што единственото училиште беше во Велес. Така да јас уште на 14 години заминав од дома и почнав да живеам во интернат. За таквиот живот имам само најубави зборови и мислам дека најголем дел од тоа што сум постигнал се должи на социјалните навики и друштвеноста која ја стекнав токму во велешкиот интернат. Кога бев во Москва мојот стан служеше како железничка станица. Не се случи некој да дојде од Македонија, а да не ме посети, преспие кај мене или барем неколку саати да ме подружи. И ден денес, иако сум во пензија јас не го оставам социјалниот живот. Речиси секој ден се дружам со колегите новинари, а секој вторник навечер се собираме во кафеана каде правиме вистински дебати за актуелни и интересни теми. направи Путин во последнава деценија се должел единствено на поволните цени на енергенсите. Значи Русија не нашла начин да ги оплоди и да им даде додадена вредноста на парите кои ги добиваат од извозот на суровини. Тие веројатно се надеваа дека тоа ќе трае вечно. Моја проценка е дека ако нема

тотална руско- украинска војна Путин ќе владее уште долго, но со сериозни економски потешкотии, бидејќи оваа ситуација нема лесно да се санира. А ако дојде до војна тогаш никој не може да предвиди што ќе се случува. Многумина губеле од војните, но многумина и многу добивале“. nnn




Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.