interview Стјуарт Гилман
експерт за борба против корупција
Македонските бизниси се плашат да се пожалат за корупцијата
анализа
Економијата расте, а се отвараат се помалку нови фирми и работни места
политика
Сценаријата во кои влегува Македонија по првата "бомба"
број 798 цена 100 ден. | 13 февруари, 2015, петок | година 16
www.kapital.mk
МАГАЗИН ЗА БИЗНИС И ПОЛИТИКА
специјален прилог
здравје
Како да се заштитите од
срцев удар? Фондот
Mid Europa
влезе и во Млекара Битола. Што ќе значи тоа за млечниот бизнис?
Катастрофа! Над 30 илјади хектари под вода. Милионски штети во земјоделието!
www.kapital.mk
Капитал број 798 13.02.2015
4
содржина
05 КапиталНО Биљана Здравковска Стојчевска Опшество без совест
08 cover story
Катастрофа! Над 30 илјади хектари под вода. Милионски штети во земјоделието!
14 Анализа
Македонски економски апсурди Економијата расте, а се отвараат се помалку нови фирми и работни места
22 Company Profile
28 Капитал анализа
Познат инвестициски фонд станува главен играч во млечниот бизнис во Македонија регионот Фондот Mid Europa влезе и во Млекара Битола. Што ќе значи тоа за млечниот бизнис?
32 Агробизнис
Најпроактивните агро бизниси со ПроКредит на саем во Берлин
32 Кариера
Побиени митови Какви заблуди имаме за самовработувањето?
Економијата расте, а сè помалку нови бизниси
Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека домашната економија за девет месеци лани создала само 0,8% повеќе нови работни места, вкупно 5.486 од кои најголем дел во јавната администрација и градежниот сектор. Анализата на овие податоци покажува колку е апсурдна македонската економија – порастот на БДП руши статистички рекорди, а обратно пропорционално на тоа, се отвораат се помалку нови фирми и работни места. XX Стр. 14
Mлекара Ѓоргиеви Радовиш Светот е нашиот пазар
26 Интервју
Стјуарт Гилман
експерт за борба против корупција
Македонските бизниси се плашат да се пожалат за корупцијата
14
Антикорупција
“За последниве пет години имам поминато 80% од балканските земји, а во Македонија слушнав повеќе поплаки од приватниот сектор во врска со корупцијата од било која друга земја во регионот“, вели светскиот експерт за борба против корупцијата, др.Стјуарт Гилман во интервјуто за Капитал. XX Стр. 24
36 CEO Profile
Дејв Луис “Драстичниот“ Дејв
38 политика
Капитал анализира Сценаријата во кои влегува Македонија по првата „бомба“
40 политика
Откако Македонија го ослободи Вранишковски СПЦ да покаже дека искрено САКА решение со обновување на сослужувањето со МПЦ
42 Свет бизнис и политика
Млекара Битола
И покрај оптимистичките најави од новиот сопственик на Битолска млекара, експертите во Македонија се поделени околу очекувањата за тоа што тоа ќе значи за македонскиот бизнис со млеко. Додека едни се повикуваат на светски искуства, според кои инвестициските фондови се посветени само на брз профит, другите во влезот на големите интернационални компании гледаат можност за препород на македонското сточарство и производство на млеко. XX Стр. 28
Победата на Ципрас ја мобилизира левицата Борба против мерките на штедење на Меркел
Стрес
Менаџерскиот стрес е една од причините која може да доведе до инфаркт. Врвните светски психијатри посочуваат дека се повеќе луѓе од бизнис секторот, кои се на одговорна функција, бараат совет од невропсихолози и психијатри. Што советуваат тие? Како најдобро да се справите со стресот предизвикан од работа? XX Стр. 52
46 Специјален прилог ЗДравје Срцев удар Како да се заштитите? Како менаџерите да се справат со стресот?
56 на ручек со...
Жарко Димитриоски
креативен директор во "Еден на Еден"
Ни недостасува шоу култура!
28
Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул.Партизански одреди бр. 17-1/16 l П. ФАХ 503, 1000 Скопје l Основач и директор: Љупчо Зиков l Одговорен уредник: Биљана Здравковска Стојчевска Печати: Графички центар Скопје, ул. Скупи бб, 1000 Скопје l Тираж: 3.000 примероци l Датум на печатење: 12.02.2015
www.kapital.mk
Капитал број 798 13.02.2015
Капитално
Опшество без совест
Биљана Здравковска Стојчевска biljana.zdravkovska@kapital.mk Кризата на општествени вредности и транзицијата која предолго трае создадоа клима во која многу луѓе превземаа предоторска логика. Во политиката, во бизнисот, во спортот, во здравството, културата... Поголемиот проблем е што овие предаторски однесувања и логики се превземаат и наметнуваат како нормални државни политики. За волја на вистината такви политики во Македонија се изнагледавме во изминативе три децении. Политики со кои државата се гледа само како средство за безмилосно лично и партиско богатење. Политички елити кои и кога зборуваат конструктивно и мислат на развој, тоа не го прават затоа што веруваат дека земјата и народот така би станале побогати, туку затоа што се плашат од бесот на невработените, отпуштените или презадолжени граѓани... Политики кои гласачите ги гледаат само како плен.
Н
Полека стануваме опшество без никаква совест и одговорност за своите постапки. Без капацитет навреме да ги препознаеме и спречиме работите кои може некому да му нанесат штета. Без моќ да ги осудиме несовесните и неодговорни постапки. На Македонија и се случија поплави. Никој ниту превзема одговорност, ниту чувствува вина за тоа дека се уништени над 30 илјади хектари плодно земјиште од кои некои луѓе очекувале да им донесат егзистенција. Се објавија податоци дека пратениците земаат огромни и нереални патни трошоци и никој не покажа одговорност, ниту волја да побара да се сменат законите кои им ги овозможуваат тие нечувствителни луксузирања на грбот на народот, кој секоја година е се посиромашен. Се случија измени и ретерирања во клучни реформски закони и ниту еден ресорен министер не чувствува одговорност да си поднесе оставка или барем јавно да се извини за тоа што пошироката јавност и засегнатите
не биле консултирани навреме и за тоа што реформите се туркале во погрешен правец. Почина младо девојче чии родители повеќе од три години барале и не добиле помош од институциите на државата. Никој не превзема никаква одговорност. А горчливиот вкус и чувството на вина го чувствуваат многу луѓе кои можеле, а не направиле повеќе. Но, очигледно не сите го чувствуваат тоа. За некој човек да може да се поистовети и да се соживее со судбината на другите луѓе, треба пред се другите луѓе да ги гледа како луѓе еднакви на себе си, а не како предмети и објекти. Кризата на општествени вредности и транзицијата која предолго трае создадоа клима во која многу луѓе превземаа предоторска логика. Во политиката, во бизнисот, во спортот, во здравството, културата...Каков емотивен однос чувствува предаторот кон својот плен? Никаков. Кога некој човек без совест ќе направи нешто драстично, за него читаме во новини. А дотогаш бил меѓу нас непрепознаен. Од поистоветувањето со другите потекнува и сочувството кое раѓа желба да се помогне или солидарност. Се тоа прави човекот на човек да е човек. Но, предаторите се луѓе кои другите ги гледаат само како плен. Затоа и можат да постапуваат
5
нечовечно. Поголемиот опшествен проблем е кога овие предаторски однесувања и логики се превземаат и наметнуваат како нормални државни политики. За волја на вистината такви политики во Македонија се изнагледавме во изминативе три децении. Политики со кои државата се гледа само како средство за безмилосно лично и партиско богатење. Политички елити кои и кога зборуваат конструктивно и мислат на економскиот развој, тоа не го прават затоа што веруваат дека земјата и народот така би станале побогати, туку затоа што се плашат од бесот на невработените, отпуштените или презадолжени граѓани... Политики кои гласачите ги гледаат само како плен. Во сиве овие години апатијата и тивкиот бес беа главниот одговор. Тоа не е случајно. Македонија низ изминативе децении целосно ги изгуби политичките и економските идеи и идеологии. Каде е спасот? Додека психологијата вели дека за да се намали бројот на предатори во опшеството треба децата уште од мали да ги учиме на сочуство со луѓето и животните, праксата од опшествата кои ги имале истите проблеми, покажува дека строгата и независна казнена политика единствено може да даде резултат. nnn
www.kapital.mk
Капитал број 798 13.02.2015
6 НАВИГАТОР
ИЗЈАВА НА неделата
> БРОЈКА
26.9% е намалена вредноста на вкупниот откуп и продажбата на земјоделски производи во декември 2014 година во споредба со декември 2013 година.
Ален Гринспен
поранешен претседател на Федералните резерви на САД
победник на неделата
Сегашната ситуација меѓу Грција и „тројката“ кредитори не ќе може да се разреши без излегување на земјата од еврозоната. Само прашање на време е кога сите ќе сфатат дека разделбата е најдобрата стратегија”.
Македонија плаќа најскап г
М
акедонија плаќа дури 564 долари за 1000 кубни метри за гасот кој го увезува од Русија, што претставува највисока цена во Европа. Споредбено, за истата количина Србија плаќа 457 долари, Словенија 486 долари, додека Бугарија 501 долар. Дел од експертите сметаат дека до намалување на цената на гасот во Македонија може да дојде само со зголемување на потрошувачката на овој енергенс, но за тоа е потребна
повлекување на п придонеси за хоно
Тим Кук
+
И додека Тим Кук, извршниот директор на Apple, дискутираше со своите соговорници на конференција за технологија и бизнис во вторникот, на Њујоршката берза се случи историски момент: пазарната вредност на компанијата проби 700 милијарди долари, нешто што првпат се случува во светската корпоративна историја. Таму кај што застана неговиот претходник, легендарниот Стив Џобс, таму продолжи Тим Кук, водејќи го технолошкиот гигант со седиште во Купертино, Калифорнија, кон нови ѕвездени достигнувања. Приходите постојано растат, добивките исто така, па сега Apple има дури 180 милијарди долари готовина на сметка, за која што некои акционери се залагаат да се врати токму во нивните џебови. Сега многу аналитичари се загрижени за тоа дали Apple може да го одржи овој силен раст во иднина, борејќи се со конкуренцијата што секојдневно расте од таборот на евтините азиски брендови. А, стратегијата на Кук е токму на нивен терен да го базира идниот раст на приходите, во Кина и Индија, каде што смартфоните на Apple чинат повеќе од една месечна плата. Дали компанијата ќе успее да направи таква хистерија и лојалност кон брендот, каква што постои во развиените пазари, останува допрва да видиме.
з
Законските решенија со кои се обврзуваат хонорарците да плаќаат социјални придонеси треба целосно да се повлечат, велат потписниците на повелбата Солидарност кои го организираат и протестот на кој треба да го искажат незадоволството од овој закон. Според нив, и со новите измени кои што дојдоа од
пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ се прави дополнителна дискриминација на невработените од вработените граѓани. Со најновите измени се предвидува невработените лица да плаќаат придонеси за хонорарите доколку вкупните приходи ја надминуваат минималната плата односно 9.590 денари, додека пак вработените треба да плаќаат за дополнителни хонорари над просечната плата од 21.300 денари. Овој праг над просечната плата се однесува и на пензионерите што имаат дополнителни приходи. „Оној што нема,
плаќа повеќе, отколку оној што има и тоа е очигледна социјална дискриминација“, вели Здравко Савески од Солидарност. Тој вели дека невработените луѓе кои и без тоа се во потешка состојба со тоа што не се вработени, Владата сега ги таргетира како мета за наплаќање дополнително пари. „Тоа сигурно ќе ги револтира невработените лица бидејќи нив им е преку глава и од дополнителната дискриминација која им ја вршат преку активно барање работа, пасивни баратели, па строги критериуми
www.kapital.mk
Капитал број 798 13.02.2015
7
гас во Европа
соодветна инфраструктура која земјава засега ја нема. Откажувањето на изградбата на гасоводот Јужен тек ги прави уште подалечни надежите за скора гасификација на земја. „ТАП како најизгледна алтернатива на Јужен Тек е се уште во почетна фаза и мислам дека ќе поминат добри пет години додека воопшто дојде до тоа да се преговара за поврзување на Македонија“,вели Атанаско Туневски, експарт од енергетиката и поранешен директор на МЕПСО.
плаќањето орарите
Законските решенија со кои се обврзуваат хонорарците да плаќаат социјални придонеси треба целосно да се повлечат бидејќи се дискриминирачки, велат потписниците на повелбата Солидарност и додаваат дека ќе протестираат се додека не издејствуваат нивно укинување
за евидентирање во Агенцијата за вработување, бришење од евиденцијата и слично, така што овој најнов потег на ВМРОДПМНЕ, уште еднаш ги става како граѓани од втор ред во оваа држава.“ И во двата случаи законот предвидува пресметката за плаќање придонеси да се прави врз основа на разликата помеѓу висината на хонорарот и просечната или минималната плата. Интересно е што доколку некој остварува дополнителни приходи од истиот работодавец каде што е вработен, во тој случај се обврзува да плати придонеси на цел хонорар. Новите
измени предвидуваат придонеси да се плаќаат само на исплатен хонорар. Измените на законот за социјални придонеси што неделава ги одобри Собранието се толкуваат како мало ретерирање на власта по притисокот од јавноста и неколкуте протести со цел да се спречи дополнителното оптоварување на дополнителните приходи со придонеси за пензиско, здравствено и социјално осигурување. Меѓутоа, од граѓанските здруженија велат дека не се повлекуваат од својата намера да издејствуваат целосно укинување на ова законско решение. nnn
> БРОЈКА
мисла на неделата
305
Финансиската индустрија во својата основа е услужна индустрија. Тоа значи дека треба да им служи на другите пред да си служи себеси
одобренија за градење се издадени во декември 2014 што е за 27.6% повеќе во однос на истиот месец од претходната година
лидери
Кристин Лагард
директор на ММФ
губитник на неделата
Иван Стоиљковиќ
Единствен пратеник кој покажа свесност за ситуацијата во која се наоѓаат граѓаните и ја донираше платата за помош на поплавените
Ерве Фалсијани
поранешен вработен во HSBC банката во Швајцарија кој уште го нарекуваат гениј за ИТ алгоритам е лицето кое ја обелодени банкарската афера „Свисликс“
не им беше неделата
Зијадин Села
Наместо да поттикне на поголем ангажман на локалното население, градоначалниот одбра да се жали дека никој не им ги наполнил вреќите со песок.
Мутар Кент
Компанијата „CocaCola“ во четвртиот квартал минатата година забележа пад на профитот од дури 55 проценти
_
Никола Тодоров Никој во Македонија не верува дека министерот Тодоров или неговите службеници намерно придонесле за прераната смрт на деветгодишната Тамара Димовска од Велес. Јавноста верува или барем се надева дека сепак станува збор за луѓе од крв и месо кои еднакво како и останатите нас имаат совест која им сугерира дека треба да помагаат таму каде што мора и каде што можат. Но, дури и да имаат совест и да покажуваат дека не им е сеедно за изгубениот живот на никој начин не ги амнестира од индиректната, а можеби и директната одговорност не само за смртта на Тамара, туку и за ред други пациенти за кои навременото лекување било пресудно. Како прво овој случај ни покажува дека нашиот здравствен систем е најслаб токму на местата каде што треба да биде најсилен. Таму каде што треба да се интервенира најбрзо се работи најбавно, а енергијата на службите несвесно се де-фокусира од итните случаи кон небитните и суетни реформи. Прашањето кое сите си го поставуваат сега е што вредат сите пресконференции во изминатите две години на кои министерот за здравство не убедуваше за бројните реформи и подобрувања во македонското здравство. Жалосно е за сите, а најмногу за родителите и семејството на Тамара што јасната порака за распаднатото здравство доаѓа преку болната и мачна смрт на едно младо и тотално невино суштество кое веројатно најмалку од сите нас било свесно дека некој од јавното здравство прави играчка за лечење на суети.
Капитал број 798 13.02.2015
8
www.kapital.mk
cover story
Катастро
Над 30 илјади хектари под вода Милионски штет во земјоделието
www.kapital.mk
Капитал број 798 13.02.2015
9
Еколошко економските катастрофи со поплавите кои ни се повторуваат скоро секоја година можат да се решат единствено со изградба на големи акумулации. Според експертите ваквиот пристап не само што ќе не заштити од поплави и нивните несакани ефекти туку може да го зголеми и приносот во македонското земјоделие и до 50%.
пишува:
Дејан Азески
dejan.azeski@kapital.mk
И фотографија:
МИА / Ивана Батев
фото: МИА
а. ти о!
Излеани реки, поплавени ниви, уништени посеви, блокирани патишта, оштетени куќи и целосно уништена покуќнина се само дел од подолгата листа на штети предизвикани од поплавите кои изминатата недела и се случија на Македонија. Неофицијалните проценки велат дека над 30.000 хектари обработливо земјиште низ целата Македонија во моментов се под вода. Штетите од овие поплави ќе бидат огромни-се мерат во десетици милиони евра и ќе бидат долгорочни. Она што е извесно е дека Македонија ќе се соочи со недостиг на жито, но и на зеленчук и овошје и поскапување на цените на земјоделските производи. Но, штетите ќе бидат многу поголеми, ако се знае дека на почвата која е под вода е уништена и на неа нема да може да се сади во следниот период. Капитал анализира што не чека по поплавите и како да се спречат идни штети од поплави?
фото: МИА
офа!
Излеани реки, поплавени ниви, уништени посеви, блокирани патишта, оштетени куќи и целосно уништена покуќнина се само дел од подолгата листа на штети предизвикани од поплавите кои изминатата недела и се случија на Македонија. Неофицијалните проценки велат дека над 30.000 хектари обработливо земјиште низ целата Македонија во моментов се под вода. Штетите од овие поплави ќе бидат огромни-се мерат во десетици милиони евра и ќе бидат долгорочни. Најстрашно е во Пелагонија.
Од Кризниот штаб информираа дека околу 17 илјади хектари плодна земја или околу 40% од цела Пелагонија се поплавени. Есенските сеидби се целосно уништени, а на голем дел од полето нема да може да се сее ниту напролет бидејќи поплавите ја имаат уништено земјата. Уништени се насадени полиња со пченица, со пченка, со раноградинарски култури... Она што е извесно е дека Македонија ќе се соочи со недостиг на жито, но и на зеленчук и овошје и поскапување на цените на земјоделските производи. “Штетите во земјоделието ќе бидат огромни”, изјави градоначалникот на Битола, Владимир Талевски. Стефче Пивковски, градоначалникот на општина Могила, каде има најголеми поплави и под вода се над 9.500 хектари земја, состојбата ја процени како алармантна, штетите како непоправливи, а причините ги лоцира кај надлежните институции. „Околу 10.000 хектари во моментов се под вода или се очекува да бидат поплавени. На некои места зборуваме за 3 метра длабока вода. Двете реки Шемшница и Црна буквално се споени на широчина од
www.kapital.mk
Капитал број 798 13.02.2015
10
cover story Стефче Пифковски
Живко Милевски
П
П
градоначалник на Могила
експерт за води
овеќе од 17.000 хектари во моментов се под вода. На некои места зборуваме за повеќе од 2 до 3 метра длабока вода. Двете реки Шемшница и Црна буквално се споени на широчина од неколку десетици километри. Едноставно е доцна било што да се направи. Повторно човечкиот фактор преку неисчистените канали дополнително придонесе за поголеми ефекти од природната непогода. неколку десетици километри. Едноставно е доцна било што да се направи. Повторно човечкиот фактор преку неисчистените канали дополнително придонесе за поголеми ефекти од природната непогода“, изјави Пивковски за Капитал. Во поглед на проценките за штетите од поплавите Пивковски, кој и самиот е земјоделец, е дециден дека тие, барем за оваа сезона, се непоправливи. „Не можам да дадам никаква поинаква проценка освен дека 100% од посевите се уништени. Едноставно кажано штетата е целосна“, заклучува тој. И земјоделците од останатите рамничарски региони во Македонија се соочуваат со исти или пострашни проблеми од нивните пелагониски колеги. Стефче Јовановски од отсеченото кочанско село Теранци директно од терен ни ја пренесе состојбата. „Кога два дена си отсечен од градот поради поплавени патишта и ниви, состојбата сигурно не е добра. Сепак ние земјоделците сме научени да се снаоѓаме и тоа го правиме. Сите ја повлековме стоката на повисоките предели, засолнивме се што можевме од полето и сега чекаме
отребни ни се повеќе брани за да не се поплавуваат населени места и посеви. Македонија нема направено доволно хидротехнички објекти кои можат да ги складираат големите количини на вода и да се користат тогаш кога се најпотребни, а ги немаме. Од октомври до мај имаме премногу вода, а во летниот период ја имаме премалку. Единствено можно решение за ваквите проблеми е изградба на повеќе хидротехнички објекти.
повлекување на водите по природен пат. Дури потоа ќе може да размислуваме за евентуално садење и слично“, вели Јовановски.
Што не очекува по поплавите?
Уништени посеви со пченица и пченка, преголема влага на површините наменети за садење тутун, уништените раноградинарски земјоделски култури несомнено ќе се
одразат на приносите и просечното годишно земјоделско производство во Македонија што повеќе од сигурно ќе има реперкусии и на цената на производите во текот на претстојната година. Ова го тврдат експертите кои ги консултираше Капитал за штетите со кои ќе се соочи земјата по поплавите. Огнен Оровчанец, експерт за земјоделство и претседател
на Земјоделската комора при ССК вели дека без разлика какви и мерки да се преземат после вакви катастрофи неминовни се штети кои долгорочно ќе ги претрпи полјоделството и општо целото земјоделство во текот на претстојната година. „Тутунот како доста распространета култура кај нас, според своите својства може да се развива
www.kapital.mk
Капитал број 798 13.02.2015
11 Огнен Оровчанец експерт за земјоделство
Б
ез разлика какви и мерки да се преземат после вакви катастрофи неминовни се штети кои долгорочно ќе ги претрпи полјоделството и општо целото земјоделство во текот на претстојната година.Тутунот како доста распространета култура кај нас, според своите својства може да се развива во одредени рамки на минимална и максимално дозволена влажност. Пченица исто така може да се сади во одредена временска рамка за да стаса во потребното време за жетва.
85%
од водите кои циркулираат во земјава извираат на македонска територија
Засега се спасува
само главата штетите допрва ќе се пресметуваат
Луѓето од
поплавените подрачја се вратени во 19 век
Помошта стигнува
во одредени рамки на минимална и максимално дозволена влажност. Пченица исто така може да се сади во одредена временска рамка за да стаса во потребното време за жетва. Слично е со сите останати култури. Така
фото: МИА
од сите страни, но дали ќе е доволна да ги надомести веќе направените штети?
да можеби нема да имаме целосно, но ќе има големо уништување на земјоделското производство за оваа година“, вели Оровчанец. Властите веќе ги презедоа првите чекори преку ослободување на поголеми
количини пченка и пченица од државните резерви кои се продаваат по пониски цени со цел стабилизирање на пазарот. Оровчанец ги поздравува овие потези како плодотворни, но вели дека долгорочно многу тешко на ваков начин ќе се одржи контролата на цената на земјоделските производи. „Јас не се сомневам дека владата во Македонија или сите влади на Балканот ќе направат се што е можно за да ја нормализираат состојбата и да не дозволат скок на цените. Но, ограничен е тој дел од цената кој може да се компензира на ваков начин. Се зависи од големината на кусокот кој ќе се појави на пазарот. А дека ќе има кусок е повеќе од сигурно“, објаснува Оровчанец. На истата тематика го контактиравме и Душко Мукаетов, поранешен директор на Институтот за земјоделство и експерт за почви кој предупредува дека вишокот на вода е еднакво штетен за почвите колку и кусокот на вода.
17
илјади хектари обработлива површина се поплавени само во Пелагониско
„Поплави во полјоделското производство е недозволиво да се случуваат бидејќи вишокот на вода после подолго време предизвикува ерозија на почвата и долгорочни штети. Доколку оваа вода е загадена или пребогата со одредени супстанци може да се оштети почвата и на долг рок. Затоа пред многу години се измислени системите за одводнување за да се контролира ваквиот процес. Но, кај нас за жал тие не функционираат“.
Како долгогорочно да се реши проблемот?
Ако околу причините за поплавите владеат поделени мислења, околу долгорочните решенија постои едно мислење. Еден од најповиканите експерти за оваа тема е хидрологот Јосиф Милевски кој и причините и решенија за поплавите ги гледа исклучиво во човечкиот фактот. Според него, ако статистички од 85% од водите во земјава извираат токму кај нас, а не доаѓаат од другите земји тоа значи дека сами сме криви за тоа што ни се случува.
www.kapital.mk
Капитал број 798 13.02.2015
12
cover story
„Значи водата е наша од кај нас извира и ние си одлучуваме што ќе правиме со нејзе. Потребни ни се повеќе брани за да го задржат тој удар и да не ни се поплават населените места и посевите. Македонија нема направено доволно хидротехнички објекти кои можат да ги складираат големите количини на вода и да се користат тогаш кога се најпотребни, а ги нема. Од октомври до мај имаме премногу вода, понатаму имаме премалку. Единствено можно решение за ваквиот проблем се повеќе хидротехнички објекти“, вели Милевски. Тој уште попрецизно објаснува дека се потребни акумулации со голем капацитет кои според него Македонија објективно не ги поседува. „Засега во Македонија нема објект кој може да задржи поголеми количини на вода. Тоа не е ниту Тиквеш, ниту Козјак ниту Шпиље. Единствено можно решение е Чебрен кој може да задржи до милијарда кубни метри вода“. Милевски сепак ни ги спомена и примерите на Козјак и Света Петка кои според него се најдобра гаранција дека нема да се повторат скопските поплави од 1962 година.
Каде е одговорноста?
Во општините веќе се формираат комисии за проценки на штетите, но целосните штети ќе може да се проценат дури откако водата ќе се повлече и ќе ме да се излезе на терен. Од општините изјавија дека ќе достават и план до Министерството за животна средина за санација и
чистење на речните корита, бидејќи се докажа дека најголем проблем за големите штети од поплавите се неисчистените корито. На пример, речното корито на Црна Река, која ја поплави Пелагонија, според изјавите на месното население не било исчистено веќе 30 години. Со тоа директно се алоцира вината и одговорноста за големите штети кај надлежните институции кои не си ја извршувале редовно својата обврска.
Не знаеме да управуваме со водите
Македонските земјоделци во последниве 20 години се соочени со ситуација во која или имаат премалку или премногу вода. Или нивите им пливаат во вода поради затнати канали или низ истите канали нема доволно вода ниту за најобично наводнување. Според Душко Мукаетов заедно со ѓубрењето, семенскиот материјал и правилниот начин на одгледување и водата е еден од клучните фактори без кој не може да има производство. „Општо познато е дека водата е фактор кој е во дефицит. Конкретно кај пролетните култури без редовно наводнување нема шанси за економски исплатлив принос. Водата, односно правилниот
начин на наводнување може да донеси и дупло повеќе принос“. Според информациите до кои дојдовме од терен во моментов земјоделците за да се спасат од недостатокот на вода која повторно доаѓа поради неадекватната инфраструктура во летниот период масовно отвораат подземни бунари без никаква контрола. Мукаетов тврди дека тоа може и дополнително да ги оштети резервите на води во Македонија и на некој начин да ја уништи почвата. „Тоа што се наводнува со застарени методи како без потребно се користат огромни количини на вода е уште постар проблем. Водните заедници и комбинатите и нивното функционирање се клучни за функционирање на каналите и спас од поплави“ вели тој. Мукаетов предупредува дека и на долг рок почва која е во функција на земјоделско производство ако не се наводнува адекватно секоја година може да се испосни и да не дава приноси. При неодамнешната промоција на Нацрт – стратегија за земјоделство и рурален развој што ќе се имплементира од 2015 до 2020 година беше најавено дека власта планира да ги зголеми парите кои се
наменети за подобрување на состојбите во наводнувањето. „Значителен дел од овие средства или планирани по 20 милиони евра годишно, ќе биде насочен кон подобрување на состојбите во наводнувањето за што е веќе подготвен амбициозен план за инвестирање, а ќе се реализираат и значајни институционални реформи“, посочи Цветков. Преку овие инвестиции планирано е површините под системот за наводнување да бидат од 80 до 85 илјади хектари и добар дел под системот за одводнување. Документот на владата за водите е изработен во соработка со водостопанските претпријатија, корисниците на државно земјоделско земјиште, со фармерите што имаат поголеми земјоделски површини, како и во консултација со експерти од Турција, Израел и Хрватска. Официјално тој се носи со цел да се обезбеди континуитет на земјоделското производство, зголемување на количините и на квалитетот на земјоделските производи и справување со климатските промени. Дополнително годинава треба да почне и изградбата на браната на Оризарска Река во Kочани и на браната Kоњско во Гевгелија, кои се два значајни проекта за земјоделството. Истовремено продолжува и реализација на втората фаза од хидросистемите Злетовица и Лисиче. Сепак јасно се гледа дека во сите овие проекти не се до крај застапени препораките на експертската јавност за големите акумулации како долгорочно решение за вишокот на вода. nnn
ПОКАНА На 19 март 2015 година (четврток) во просториите на НБРМ, на 8. кат, со почеток во 14 часот, ќе се одржи 16. сесија на Клубот на истражувачите Доколку сакате да го презентирате Вашиот работен материјал на оваа сесија на Клубот на истражувачите, Ве молиме да н$ известите најдоцна до 2 март 2015 година (понеделник). Се надеваме дека ќе предизвикаме интерес кај Вас и кај Вашите колеги за учество на Клубот на истражувачите. Ве молиме да го потврдите Вашето присуство на оваа сесија на Клубот на истражувачите најдоцна до 16 март (понеделник) 2015 година на тел. +389 2 3298 110; електронска пошта: marketing@kapital.mk Напоменуваме дека зачленувањето во Клубот е од отворен карактер, за што подетални информации можете да видите на следнава врска: www.nbrm.mk/Клуб на истражувачи.
СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ
27
ФЕВРУАРИ 2015
БАНКИТЕ И БИЗНИСОТ Кои банки најмногу ги кредитираат фирмите и граѓаните?
Како да ја убедите банката полесно да ви одобри кредит?
Какви кредити ќе бараат најмногу фирмите?
Како банките го кредитираат извозот?
Банкарите предвидуваат-кои се бизнисите кои ќе го носат кредитниот раст оваа година?
Почнува проектно финансирање – што значи и какви проекти бараат банките?
Повеќе информации во врска со прилогот и за претставување во истиот можете да добиете на е-маил gordana.mihajlovska@kapital.mk или на телефонскиот број 023298111
ЛИЦE ЗА КОНТАКТ:
ГОРДАНА МИХАЈЛОВСКА
www.kapital.mk
Капитал број 798 13.02.2015
14
Анализа
Македонски економски
5.486
работни места се отвориле за девет месеци лани, додека во 2013 година при послаба економска активност се регистрирани 27.630 нови вработувања
Број на отворени фирми
11.685 10.729 2,8% 1,8%
8.620
Раст на БДП 2,7% 8.583
2010
2011
2012
3 квартал од 2014
8.294
-0,4%
-0,9% 2009
4,1%
6.380 2013
2014
Економијата р а се отвараат с нови фирми и
Дури и кога остварува високи стапки на раст од околу 4%, македонската економија не создава доволно нови компании и не отвара нови работни места. Иако Македонија важи за земја каде што според Doing business е најлесно да се отвори
фирма, податоци од Централниот регистар покажуваат дека во 2014 година, кога владините претставници го рангираа економскиот раст како втор највисок во Европа, се отвориле 6.380 нови фирми што е за 23% помалку
во споредба со 2013 година. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат и дека домашната економија за девет месеци лани создала само 0,8% повеќе нови работни места, вкупно 5.486 од кои
www.kapital.mk
Капитал број 798 13.02.2015
15
апсурди
расте, се помалку работни места најголем дел во јавната администрација и градежниот сектор. Анализата на овие податоци покажува колку е апсурдна македонската економија – порастот на БДП руши статистички рекорди, а обратно
пропорционално на тоа, се отвораат се помалку нови фирми и работни места. Едно непишано правило вели дека економијата расте толку колку што создава нови бизниси и работни места. Во Македонија, зголемената економска
активност раст е главно заслуга на државата која преку капитални инвестиции од буџетот и зголемени плати и пензии ја поттикнува јавната потрошувачка и со тоа го надоместува отсуството на приватниот сектор.
www.kapital.mk
Капитал број 798 13.02.2015
16
Анализа
С
ветската банка во своите извештаи констатира дека е неопходно во Македонија да се создаваат повеќе работни места во приватниот сектор. Аналитичарите на оваа институција коментираат дека ако сака Македонија да го постигне истото ниво на вработување како во некои од своите европски соседи, ќе треба тројно да го зголеми темпото на развојот во наредните години.
2.152 повеќе вработени има во јавната администрација за девет месеци лани
невработеност кај младите Над 50.000 луѓе во земјава на возраст меѓу 15 и 24 години според Државниот завод за статистика се невработени што е повеќе од половина од вкупниот број на активно население на оваа возраст. Ако на оваа бројка се додадат уште околу 15.800 млади луѓе на возраст меѓу 25 и 29 години, се добива уште позагрижувачко ниво на невработеност кај младите. Најголем дел од младите своето прво вработување го остваруваат во трговијата, угостителството и во туризмот. На пазарот на трудот се собираат еден куп невработени млади, со завршени одредени занимања, додека со години имаме недостиг од работна рака. Анкетите меѓу младите до 29 години покажуваат дека најмногу посакуваат да работат во јавна администрација водејќи се според старата позната девиза „државно си е државно“ како синоним за стабилност на работното место. Невработеноста на младите стана сериозен проблем и во Европската Унија, особено по светската економска криза. Последните статистички податоци на Евростат покажуваат дека во декември лани во Шпанија имало 55,6% невработени млади лица до 25 години. Најзагрозените економии во еврозоната имаат најголем процент на невработени млади луѓе. Тоа се Португалија, Италија, Словачка каде невработеноста кај младите достигнува до 38%.
Д пишува:
Александар Јанев
aleksandar.janev@kapital.mk
Дури и кога остварува солидни стапки на раст од околу 4%, македонската економија не создава доволно нови компании и работни места. Иако Македонија важи за земја каде што според Doing business е најлесно да се отвори фирма, статистичките податоци од Централниот регистар покажуваат дека во 2014 година, кога владините претставници го рангираа економскиот раст како втор највисок во
Европа, се отвориле 6.380 нови фирми што е за 23% помалку во споредба со 2013 година. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат и дека домашната економија за девет месеци лани создала само 0,8% повеќе нови работни места, вкупно 5.486 од кои најголем дел во јавната администрација и градежниот сектор. Градежните фирми од јануари до септември лани ангажирале 3.577 повеќе работници, што не е неочекувано ако се знае дека овие компании интензивно работат на изведување на капиталните проекти што ги финансира државата. Бројот на вработени во јавната администрација, пак, се зголемил за 2.152. Во исто време, бројот на вработени во преработувачката индустрија, во рударството, во трговијата и финансискиот сектор се намалил. Анализата на овие податоци покажува колку е апсурдна македонската економија – порастот на БДП руши статистички рекорди, а обратно пропорционално на
www.kapital.mk
Капитал број 798 13.02.2015
17 Марјан Петрески
Д
универзитетски професор
омашните компании се главно во стагнантна состојба и се уште се борат со проблемите на ликвидноста. Тоа објаснува зошто и покрај остварениот економски раст, стапката на отворање нови компании е ниска. Ако го гледаме растот низ перспектива на факторите на производство, тогаш ќе забележиме дека поголем дел од новосоздадената вредност е распоредена кај сопствениците на капиталот, а помал дел кај трудот, што пак објаснува зошто тој раст не креира работни места со динамика што е неопходна за поинтензивно намалување на невработеноста.
тоа, се отвораат се помалку нови фирми и работни места. Во 2013 година, кога порастот на БДП беше 2,7%, во економијата се отвориле 27.630 работни места и 8.294 нови фирми. Наместо да се поправи овој дефект на домашната економија, односно да се поттикнува повеќе претприемништвото, политиките се насочени главно кон привлекување
на странски инвестиции. Зголемената економска активност е главно заслуга на државата која преку капитални инвестиции од буџетот и зголемени плати и пензии ја поттикнува јавната потрошувачка и со тоа го надоместува отсуството на приватниот сектор. „ Домашните компании се во главно стагнантна состојба и се уште се борат со проблемите на ликвидноста.
3.577
повеќе работници ангажирале градежните фирми за девет месеци лани главно поради зголемената работа на некои јавни проекти финансирани од државата
Тоа објаснува зошто и покрај остварениот економски раст, стапката на отворање нови компании е ниска. Ако го гледаме растот низ перспектива на факторите на производство, тогаш ќе забележиме дека поголем дел од новосоздадената вредност е распоредена кај сопствениците на капиталот, а помал дел кај трудот, што пак објаснува зошто тој раст не креира работни места со
динамика што е неопходна за поинтензивно намалување на невработеноста“, објаснува универзитетскиот професор, Марјан Петрески. Тој смета дека Владата треба да размисли за широкопојасна програма во која ќе поттикне што поголемо учество на домашната додадена вредност во производството, што пак и побрзо ќе доведе до поврзување на странските
www.kapital.mk
Капитал број 798 13.02.2015
18
Анализа
фирми со домашната економија, во мера во која тоа е возможно, имајќи го предвид нивното технолошко ниво. Ако се анализира демографијата на новите отворени фирми лани, може да се каже дека стопанството се збогатило најмногу со трговци на големо и мало кои што најчесто продаваат облека или храна. Експертите објаснуваат дека ваквата слика е резултат и на банкарските принципи да не финансираат почетни бизниси, така што во услови кога нема кредитна поддршка, највозможна варијанта е отворање мал бизнис, а изборот во тој случај вообичаено паѓа на трговијата. Меѓутоа, проблематично е и тоа што овие мали бизниси вработуваат само малку луѓе. Светската банка во своите извештаи исто така констатира дека е неопходно
во Македонија да се создаваат повеќе работни места во приватниот сектор. „Неопходна е нова динамика во создавањето продуктивни работни места како двигател на развојот, клучниот предизвик и за Македонија и за многу економии во светот“, се наведува во еден извештај на оваа институција. Светска банка укажува дека во последните години во Македонија повеќето создадени нето работни места биле во земјоделството, јавниот сектор и во малопродажниот сектор. „Релативно малку луѓе беа вработени во приватниот сектор, иако имаше создавање такви работни места. Клучното прашање е што се случува на ниво на фирмите во приватниот сектор“, констатира во извештајот Светската банка укажувајќи дека за секое работно место не е важна само индивидуалната
вредност, туку неговото влијание и за останатите работни места и придонесот за целата економија. Според Ана Ревенга, директор во Светска банка на Секторот за човечки развој за Европа и за Централна Азија, за Македонија е клучен предизвик создавањето работни места, а ако сака да го постигне истото ниво на вработување како во некои од своите европски соседи, ќе треба тројно да го зголеми степенот или темпото на развојот во наредните години. Едно непишано правило вели дека економијата расте онолку колку што отвора нови бизниси и работни места. Впрочем, и американските власти ги користат податоците за новоотворените работни места како репер за развојот на економијата, односно надминување на кризата.
ги отворат фирмите со кои Владата има активности во убедување или кои доставиле неформални одлуки за инвестирање. Меѓутоа, ако се знае дека во Македонија има вкупно 267.428 невработени, тешко може да се каже дека странските инвеститори што доаѓаат имаат капацитет да ја намалат невработеноста до едно прифатливо ниво. Интересно е и тоа што странците што отвораат фабрики во земјава покрај разните даночни и царински ослободувања добиваат и државна помош од буџетот за секое работно место, со што дополнително се создаваат дупки во буџетите на социјалните фондови. Податоците за тоа за колкави суми станува збор се деловна тајна и не се достапни на јавноста.
Странските инвестиции ќе ја намалат невработеноста?
Ни фалат 900 фабрики за да нема невработени
Главен адут на власта во борбата со невработеноста е привлекувањето на странски компании. Податоците на Народната банка покажуваат дека лани до ноември се инвестирани речиси 300 милиони евра странски капитал, но нема прецизен податок колку работни места отворија овие инвестиции. Во последните неколку месеци неколку различни институции во јавноста излегуваа со различни податоци за тоа колку работни места отворија странските директни инвестиции во Македонија. Бројките се движеа од 3.500 вработени колку што објави директорот на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони Виктор Мизо, па дури до 15.000 работници колку што рече дека има министерот задолжен за привлекување странски инвестиции, Виктор Мизо. Мизо појасни дека бројката се однесува само на вкупниот број на вработени во технолошко – индустриските развојни зони Скопје 1, Скопје 2 и Штип, а тој очекува годинава да се вработат уште околу 1.000 луѓе. Самак пак рече дека странските инвеститори отвориле вкупно 15.000 работни места од 2007 година до сега, без притоа да ги калкулира најавените работни места што треба да
Бројот од 267.428 невработени во Македонија би можел малку да се намали со влезот на странските инвестиции, но тоа сепак не е доволно за да се елиминира овој проблем. Пресметките што ги направивме според формула на Европската комисија покажуваат дека ни требаат околу 900 нови фабрики во индустријата кои би отвориле просечно по 100 работни места и би помогнале да се отворат уште двојно повеќе работни позиции во целата економија. Европската комисија во својот документ нагласува дека „индустриските активности имаат силно влијание врз производството и вработувањето во останатите сектори“, а во фуснота пишува дека „100 работни места во индустријата создаваат помеѓу 60 и 200 нови работни позиции во целата економија“. Бриселската пресметка доведува до шокантни резултати кои покажуваат дека проблемот со невработеноста уште долги години ќе биде проблем број еден на македонската економија. Секако, ниту една економија во светот, па ниту во Германија или Швајцарија нема 0% невработеност, меѓутоа, и отворањето на барем половина од пресметаните фабрики е научна фантастика. nnn
LENOVO THINKCENTRE E 73 ДЕСКТОП
во сите поголеми IT малопродажни ланци.
ЕДНА МАШИНА. ПОВЕЌЕ УЛОГИ. ThinkCentre E73 Tower Intel Core™ i5-4460S ®
4GB DDR3/ 1TB HDD Keyboard + Mouse Windows 8.1 Pro
36.990,oo ден. ThinkCentre E73 Tower/SFF Intel® Core™ i3-4150 4GB DDR3/ 1TB HDD Keyboard + Mouse
ThinkCentre E73 Tower Intel® Pentium® G3240 4GB DDR3 / 1TB HDD Keyboard + Mouse
19.300,oo ден. со Windows 8.1 Pro
27.800,oo ден.
Без сомнение, ThinkCentre E73 е одлична инвестиција за Вашите потреби и пораст на Вашиот бизнис.
23.650,oo ден. со Windows 8.1 Pro
31.500,oo ден.
INet ИНЕТ - АВТОРИЗИРАН ЛЕНОВО СЕРВИС
ЗАШТИТНИК НА ВАШИОТ DO УРЕД!
ЗА ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ:
A: Атинска 12 - Скопје T: 02/ 3090.625 E: sales@inet.com.mk W: www.inet.com.mk
www.kapital.mk
Капитал број 798 13.02.2015
20
патот напред
Сила и немоќ.
Љупчо Зиков
В
ljupco.zikov@kapital.mk http://www.facebook.com/ljupco.zikov
1.
Во абортирани општества без институции, во кои луѓето едноставно не можете да ги третирате како граѓани, оти тие така не се чувствуваат, затоа што живеат под границата на човечки достоинствен минимум, тогаш во таквите општества „слепите во власта и слепите во опозицијата владеат со ... и водат слепи луѓе„. Демократијата во такви друштва е најголемата жртва и прва страда„. Се разбира тоа во реално време никој не го гледа оти нема кој да јави ... оти нема институции... оти демократијата прва настрадала од поодамна ...!? Така е со се овде ... Така е од поодамна во Македонија ...!? Ова што гласно го кажав би го илустрирал многу едноставно ... Еден од поважните словенечки теоретичари и филозофи на денешницата Славој Жижек се присеќава на последното интервју на Николае Чаушеску за странски медиуми, пред тој да биде урнат од
власта и истата вечер погубен заедно со неговата сопруга ... Новинарот странец го прашува романскиот претседател како го оправдува фактот дека граѓаните на Романија не смеат да патуваат преку границата иако во романскиот устав е гарантирана слободата на движење на граѓаните. На ова прашање Чаушеску тоталитарно и со сталинистичка софистика одговара: „Да ...навистина уставот на Романија го гарантира слободното движење на граѓаните. Но во исто време уставот на Романија го гарантира и правото на луѓето на сигурен и просперитетен дом. Оттука, овде имаме потенцијален судир на правата: ако на граѓаните на Романија им биде допуштено слободно да ја напуштат земјата, ќе биде загрозена благосостојбата на домовите и на државата, па тие тогаш во опасност ќе го доведат своето право на држава. Во тој судир на права мора да се донесе одлука...Секако дека правото на сигурна татковина има приоритет ...„, завршил Чаушеску!!! Оставајќи не да „крвариме„ со нашите „национални трагедии„, од која ниту една не е разрешена, веќе две и пол децении меѓународната заедница, ЕУ, САД, НАТО, па ако сакате и Русија, ја изолираа Македонија. Таа денес се дави во својата секојдневна апсурдност на постоење. Сите ние во неа секојдневно гниеме... Со рециклирање на тешките државни скандали, со демагогија дека својата независност сме ја добиле без крв и испукан куршум !? А за која ли независност зборуваат само, оти нели е смешно да кажете за ваква Македонија дека е независна!? И како тоа без крв??? ... Па четири претседатели сме имале досега од кои два под неразјаснети околности се “елиминирани„ значи 50%), преку 500 мртви низ малите „килави„ војни и безбедносни кризи, уште стотици илјади „мртви души„ на болната и криминална, а озаконета транзиција...!? Е за тој Западен Балкан, и за таа Македонија, Европа всушност си ја зела улогата на Чаушеску од примерот, оти и според македонскиот Устав ние имаме право да ги уживаме благодетите на нашиот дом и држава и тоа право, Европа денес егоистично толкува, дека е во судир со правото на слободно движење ...!? А ништо не решава ... „Крвариме„ во нејзините пазуви. Оттука прашањето е - зошто деновиве ЕУ е вознемирена од масовното иселување на жителите на Косово? Зошто е вознемирена од исселувањето на жителите на Македонија и Србија? Зошто? Каков е тој експеримент што се врши врз подрачјето на Западен Балкан!? Во кои други општества и држави власта и опозицијата ви
се однапред дефинирани и така во вечноста ... Па кога ќе ви се појави Ципрас и Варуфакис не знаете како ... Ќе дознаете секако наскоро ... Клучното прашање секако е: Каква политика води Европа денес, и што таа всушност сака? Данте Алигери напишал – колку чини крвта, за тоа таму не се мисли!!! Илустрација: „Господин Годо ми рече да ви кажам дека вечерва нема да дојде,но утре сигурно ќе дојде„, рече младичот со глас полн со срам и тага ... Во театарот, според пишувањето на Њујорк Тајмс, толку било тишина што „единствените звуци доаѓале од надвор, од улиците, а звуците доаѓале од оклопните возила на ООН, а некаде во далечината се слушале екплозии на гранати ...„ Беше тоа 1993 година. „Публиката во шок седеше мирно. Во публиката хирурзи од главната градска болница, војници од фронтот, владини службеници кои морале да жонглираат со распределбата на храна за луѓето кои биле се погладни, деца кои ги изгубиле татковците, сестрите и браќата и луѓе кои ги изгубиле синовите ...„, пишува Њујорк Тајмс. Беше тоа во Сараево кога Сузан Зонтаг решила да ја постави на сцена „Чекајќи го Годо„, со јасна порака за Европа „само на еден час од главните европски аеродроми Рим, Виена, Берлин, Париз, градот крвареше до смрт„. Среќко Хорват, хрватски филозоф, за ова пишува: ако “Чекајки го Годо” е претстава која го постигнала невозможното, во која ништо не се случува двапати, тогаш опсадата на Сараево, е најдолгата опсада на еден главен град во историјата на модерните војни, и е само уште еден доказ дека во Европа ништо не се случува постојано... Но, не беше прв пат, да на само неколку саати од трагедијата на еден народ, други народи во европските престолнини живеат мирно, удобно, нетрудејќи се да размислат што се случува надвор од нивната зона на удобност... Така е и денес дваесет години по опсадата на Сараево ... Европјаните живеат удобно, залегнати и заслепени од не до крај со право и со свој труд заработените пари, додека балканските народи сеуште „крварат„ немоќни да решат било што, живееќи во општества сведени и упростени на мали семејства, киднапирани заложници, семејства во кои царува „семејно насилство„! Такви се нашите домови ... и за тие домови зборувал Чаушеску во 1989 година неколку недели пред, народот да му ја скине главата.
www.kapital.mk
Капитал број 798 13.02.2015
21 Новинарот странец, во 1989 година, го прашува романскиот претседател Николае Чаушеску како го оправдува фактот дека граѓаните на Романија не смеат да патуваат преку границата иако во романскиот устав е гарантирана слободата на движење на граѓаните. На ова прашање Чаушеску тоталитарно и со сталинистичка софистицираност одговара: „... Да, навистина уставот на Романија го гарантира слободното движење на граѓаните. Но, во исто време уставот на Романија го гарантира и правото на луѓето на сигурен и просперитетен дом. Оттука, овде имаме потенцијален судир на правата: ако на граѓаните на Романија им биде допуштено слободно да ја напуштат земјата, ќе биде загрозена благосостојбата на домовите и на државата, па тие тогаш во опасност ќе го доведат своето право на држава. Во тој судир на права мора да се донесе одлука...Секако дека правото на сигурна татковина има приоритет ...„ Вака го завршува своето последно интервју Чаушеску, само неколку недели пред народот да му пресуди!!!
2.
Неодамна напишав дека - економијата денес е исправена пред дилемата дали државата ќе го национализира стопанството, или стопанството ќе ја приватизира државата. И тоа зависи од степенот на корупцијата... Понекогаш, во поубави земји од нашата, странските и домашните инвеститори немаат потреба да бараат подобри услови и нови закони од оние пропишани со постојните закони затоа што постои конкуренција и слободен пристап до евтини пари за инвестиции, почеток на нови бизниси. Луѓето да почнат да раскажуваат автентични свои приказни, и да не чекаат државата да ги вработи. Политичарите, секако, не мора да се финансираат со мито, затоа што кога имате конкуренција на добри идеи, не ви е потребно мито за цели целни групи да ги финансирате преку Буџетот, за да обезбедите гласови на избори. Оттука, многу е подобро да се работи на креирање подобра политичка конкуренција, отколку да се ограничува бизнисот, и да се блокира стопанството со примитивни државни опструкции! После две и пол децении, денес најевидентната аномалија на политичката сцена е самата политичка сцена. Запушена е. Институциите како што гледаме не функционираат. Огромен процент на граѓани кои излегуваат на избори револтот го искажуваат со поништување на ливчињата, огромен број граѓани кои остануваат дома и никако нема да гласаат, но и прилично голем број граѓани кои одат, де на едната де на другата страна, без политичка филозофија и со елементарна примитивна прагма – вработување во јавната администрација. Огромен е бројот и на граѓани кои се исселија во меѓувреме во последните 15 години (370.000). Реакцијата е револт. Најквалитетнот дел од генерациите
се исселуват секојдневно. Оние кои треба да отвораат фирми, домашни инвестиции, да отвораат нови работни места, квалитетно да го зголемат македонскиот извоз, да го креираат македонскиот животен стандард на повисоко ниво, и македонскиот животен стил во посимпатична суштина, форма или ако сакате и амбалажа ... Наспроти ова имаме апатија, неубави слики, лажни величини го земаат нашето внимание, време и енергија, направивме турбо фолк на политичката сцена, толку грда сцена, што кога ги гледаме овие српски турбо фолк шоуа на македонските национални канали ни изгледаат ко да гледаме Сан Ремо ... Ете толку сме пропаднале ... !? Нашево општество и политичката сцена во него е налик на состојбата опишана во Посланието кон Римјаните број 7 пишува светиот апостол Павле! Еве вака оди: “...Навистина, да се сака доброто е во моја моќ, но не е во мојата моќ да го направам доброто и имајќи предвид дека не го правам доброто кое го сакам, туку го чинам злото кое не го сакам... сега гледам во своите екстремитети, гледам сосема други закони кои се борат против законите на мојот здрав разум, и ме заробиле во законот на гревовите... Јаден сум ти јас човек! Кој ќе ме извади од ова мое “смртоносно тело”? Фала му на Господ Исус Христос, Господинот наш! Јас со умот свој им служам на законите Божји, а со телото и постапките им служам на законот на гревовите...” (Послание за Римјаните 7:9, 23-25) Од една страна, устите им се полни со развој, вработувања, инвестиции и светла иднина (власта)... Од друга страна – ништо не е како треба, ќе банкротираме, фамилијата на овој, фамилијата на оној, корупција, „милијарди украдени„ (опозиција). Политичарите се гледаат во огледало, а во огледалото - новинари, глумци, режисери, пејачи ...
Црно бел филм во кој двете најголеми партии, и кај Македонците, и кај Албанците од земјата направија ринг на гладијатори, а нивните лидерства гордо седнале во ложите посматрајќи ги потоците од „крварењето„ на младите македонски граѓани кои секојдневно си заминуваат, бавното, но сигурно умирање на нагоните на оние кои остануваат – претприемачите, големите инвеститори, писателите, интелектуалците .... Еве каде ја губиме основата ... Истрошени, ослабнати и поразени... а и извалкани, но и немоќни за поширока пазарна битка на Балканот (кај нас сите 75.000 фирми кои нешто работат имаат околу 15 милијарди евра обрт, а во Хрватска само првите 50 компании направиле толкав обрт !?). Овде и фирмите и политичарите од најголемите партии (власт - опозиција) станаа кумови на незаконието!? Буџетот е полн, а економијата монополизирана и картелизирана! Тендери! Само тие на тендери! Елита на моќни “бизнисмени”! Картелизирана моќ. Доволно е само да сте член на партија (и од власта, и од опозицијата) – на вистинско место, со вистинските ликови од партиите, во вистинско време! Најсмирените и најладнокрвните играчи на затворениот и темен македонски економски и политички простор се партиски играчи со нејасни позиции во општеството, кои во годините наназад зграбија добар кеш и сега купуваат евтино, и во она што остана во бизнис-секторот и хипотеките низ банките! Тие финансиски моќни, со “пиштол во глава” ги држат во заложништво креативните проекти на слободумните! За такви во македонските банки нема пари!? Педесетина до сто „наоружани„ ликови од неколку партии “ораат” низ државата! Душа ни вадат долго време ... Каде оди ова? Како ќе заврши? nnn
www.kapital.mk
Капитал број 798 13.02.2015
22
Company Profile
Mлекара Ѓоргиеви Радовиш
Светот е нашиот пазар
T пишува
Дејан Азески
dejan.azeski@kapital.mk
Таткото и синотот Драги и Крсте Ѓоргиеви од Радовиш се редок пример на бизнисмени од внатрешноста кои што бизнисот го водат на начин многу сличен на нивните колеги од најразвиените земји. Тие паралелно раководат и развиваат две компании од прехранбената индустрија кои секоја година се се поголеми, посилни и подобро пласирани како на домашниот, така и на светските пазари. Станува збор за компанија за преработка и конзервирање на зеленчук Бест Фуд и млекарата Ѓоргиеви кои се
развиваат како два одделни многу успешни проекти.
Од обичен колонијал стигнавме до индустрија со 150 вработени
Приказната за скромните почетоци на бизнисот ни ја раскажа постариот Драги Ѓоргиев кој како да било вчера се сеќава на секој детал од развојот на неговото животно дело отелотворено во приватниот бизнис кој денеска го раководат заедно со неговиот син. „Јас бев меѓу првите жртви на промената на општествено политичкиот систем и буквално за смешни политики, а не принципиелни причини, бев отпуштен од општината каде со децении работев како геодет. Бидејќи морав од нешто да живеам отворив мал колонијал. Тоа беше бизнис со помал обем и наскоро морав да размислувам за проширување. Така почнав да се занимавам со увоз на вештачки ѓубрива кој во тој момент се покажа како добар бизнис“. Приказната дека кога си
влезен во бизнис играта многу полесно ќе најдеш и подобра варијанта отколку кога си надвор од него очигледно се покажала точна во случајот на Ѓоргиеви. Така да од самата дотогашна работа со партнерите во бизнисот со вештачко ѓубриво потекнува идејата и за конзервна индустрија. „На почетокот работевме со државните агро комбинати кои не беа баш во добра финансиска кондиција и дел од услугите ни ги наплаќаа со компензација. Така почнавме да добиваме ајвар и други готови производи кои моравме да си ги наплаќаме. Бидејќи видовме дека не бива во таа работа решивме да си направиме и сопствено производство. Така почна целата приказна околу Бест Фуд Радовиш“.
Млекарата дојде сосема случајно,а со нејзе направивме вистински бум
Погонот за конзервирање на Бест Фуд кој е отворен во 2002 година денеска 13 години подоцна е прераснат во вистински гигант за
македонски прилики. Покрај тоа што преработува 2.000 тони разни видови зеленчуци годишни во девет месечната сезона на конзервирање вработува и повеќе од 100 луѓе од кои педесет се на работа во текот на целата година. Природно ваквиот обем на работа наметнува потреба и за поголем физички простор. Поради тоа во 2006 година Бест Фуд ја купи ликвидираната радовишка млекара чии простории првично планирале да ги искористат за проширување на производниот простор на Бест Фуд. Но, од сета работа испаѓа нешто сосема друго. „Планот не можевме да го оствариме така лесно бидејќи не најдовме купувач за опремата која ни остана од млекарата. После некое време одлучивме дека повеќе ни се исплаќа да и направиме основна реставрација и да почнеме со минимално производство отколку да ја продаваме“. Новоформираната млекара Ѓоргиеви започнува со производство од 300 литри млеко на ден во 2010 година
www.kapital.mk
Капитал број 797 13.02.2015
23 Крсте Ѓоргиев
Драги Ѓоргиев
раководител и сопственик
основач и сопственик
Н
Ј
ие ги рушиме стереотипите дека извоз на храна на подалечни дестинации е скапо, неисплатливо и неизводливо. Тоа не е точно бидејќи станува збор за земји со неколку пати повисок стандард од нашиот. На пример, нашиот производ кој го извезуваме во Дубаи, има излезна цена од нашата фабрика од едно евро и толку чини на македонскиот пазар. Со се транспорт и други трошоци во Дубаи се продава за пет евра. Но, тоа не е ништо страшно, бидејќи таму таа е ниска цена поради високиот животен стандард.
ас бев меѓу првите жртви на промената на општествено политичкиот систем и буквално за смешни политики, а не принципиелни причини бев отпуштен од општината каде со децении работев како геолог. Бидејќи морав од нешто да живеам отворив мал колонијал. Од тука почна се и се промени мојот начин на размислување.
Компаниите низ Македонија имаат и тоа како што да научат од Драги Ѓоргиев од Радовиш кој со неговиот специфичен бизнис модел од обичен колонијал стигнал до цела индустрија. Бизнис почетоците на својот татко ги продолжува и синот кој на најдобар можен начин ги применува академските знаења во практичната работа на семејната компанија. за денеска истата ставка да се зголеми на просечни 15.000 литри денеска. Станува збор за огромен раст за кој Драги Ѓоргиев признава дека и нив ги изненадил. „За само две години од почетокот со работа Млекарата по финансиски обем ја надмина фирмата мајка Бестфуд. Денеска веќе произведуваме огромна палета од тврдите млечни производи. Бевме изненадени колкав интерес има во Македонија за традиционалните козји и овчи производи и дефинитивно планираме да го развиваме производството и целата млекара воопшто“.
Учеството на саемите е клучно за нашиот развој
Просечниот годишен раст на целата групација Ѓоргиеви е 15% во последните неколку години. Повеќе од 70% од
производството на Бестфуд оди за извоз, а во делот на Млекарата Ѓоргиеви извезуваат на многу специфични локации како Дубаи и Австралија. Еве како помладиот сопственик Крсте Ѓоргиев нашол начин да го примени своето знаење стекнато преку образованието за развој на компанијата на неговиот татко. „Од секогаш знаев дека саемите и директните физички контакти со потенцијалните партнери се клучни за зголемување на извозот. Тоа низ праксата и дополнително ми се потврди. Значи најголем дел од странските партнери ни се обезбедени преку B2B средби на бројните светски саеми на кои изложуваме. Историски секоја година имаме поголем буџет за саеми, од 2002 година па наваму имаме излагано десетина пати само на
новосадски саем, кој со години беше број еден на Балканот. Исто така имаме излагано во Келн на Ануга најголемиот светски саем за храна три или четири пати, потоа саеми во Франција, Фенси Фуд Шоу во Њујорк и слични други големи саеми. Генерално средствата кои ги инвестираме во саеми се огромни. Но, дефинитивно ваквата пракса се исплатува". Младиот Ѓоргиев како куриозитет има пракса и лично да ги посетува сите бизнис партнери во текот на една календарска година. Без разлика дали тие се во Германија или во Австралија тој секогаш наоѓа време и средства кои им ги посветува на партнерите. Како што кажавме резултатите од ваквата пракса се повеќе од очигледни, а најинтересни се бројните локации на светската карта каде
Бирократијата го кочи нашиот развој
К
рсте Ѓоргиев ни раскажа и за големите планови за развој на двете компании во нивна сопственост во претстојниот период, но ни потенцираше дека локалните власти со своите нејасни бирократски процедури, тоа наместо да го подржуваат свесно или несвесно го спречуваат. „Радовиш е веројатно најконзервативната општина кога се работи за менување и имплементација на урбанистички
планови. И покрај самофинансирањето цели пет години ја чекаме промената на урбанистичкиот план за да можеме било што да доизградиме. Тоа е недозволиво, бидејќи ние во тој период трошиме и губиме пари. Мора да импровизираме да откажуваме нарачки да правиме мини погони и магацини на различни подалечни локации, се тоа без никаква реална потреба“.
Факти:
150 2.000 15.000 70% вработени
тони преработен зеленчук
литри млеко преработени на дневно ниво
извоз
што можат да се најдат производите на Бест Фуд. „Ние ги рушиме стереотипите дека извоз на храна на подалечни дестинации е скапо, неисплатливо и неизводливо. Тоа не е точно бидејќи станува збор за земји со неколку пати повисок стандард од нашиот. На пример нашиот производ кој го извезуваме во Дубаи, има излезна цена од нашата фабрика од едно евро и толку чини на македонскиот пазар. Со се транспорт и други трошоци во Дубаи се продава за шест евра. Но тоа не е ништо страшно бидејќи таму таа е ниска цена поради животниот стандард. Така да ако се сака има начини како да се извезе“. nnn
Капитал број 798 13.02.2015
24
www.kapital.mk
интервју
Стјуарт Гилман експерт за борба против корупција
Македонските бизни се плашат да се пожалат за корупци За последниве пет години имам поминато 80% од балканските земји, а во Македонија слушнав повеќе поплаки од приватниот сектор во врска со корупцијата од било која друга земја во регионот. Тоа не е здрава состојба. Па, макар и да не е точно, макар и стравот да е неоснован, Владата мора да стори нешто во врска со таа перцепција дека ако се жалите, ќе бидете казнети, односно ќе ве посетат УЈП, инспекциите и сл. Обврска на Владата е, ако ова не е точно, да објасни зошто не е точно. А, ако е точно, да расчисти со тоа.
www.kapital.mk
иси
ијата
Капитал број 798 13.02.2015
25 пишува
С Игор Петровски
igor.petrovski@kapital.mk
Стјуарт Гилман, еден од најпознатите светски експерти за борба против корупцијата, поранешен дипломат на ОН, советник на влади и корпорации, деновиве беше во Македонија, спроведувајќи едукативна програма поддржана од Амбасадата на САД во земјава. Разговаравме со него околу актуелните предизвици во борбата со корупцијата, а ги слушнавме и неговите препораки и совети што треба да се направи за нејзина поголема ефективност. XX Професоре, деновиве разговаравте со многумина во Македонија на тема корупција, па каков е вашиот општ впечаток за овој феномен во земјава? Од тоа што го слушнав деновиве разговарајќи со владини претставници, бизнисмени, НВО, медиуми, обични граѓани, се добива впечаток дека генерално, сите мислат оти корупцијата е на високо ниво во државата. Но, еве, да ја тргнеме на страна јавната перцепција, шпекулациите и сл. Сите извештаи, дали се тие од ЕУ, ОЕЦД, Светска банка, Транспаренси интернешнл и останатите светски организации, упатуваат на високо ниво на корупција во земјата, што значи дека кај што има толку чад, мора да има и некаков оган. Во свеста на повеќето Македонци е тоа дека Антикорупциската комисија не ја врши својата работа како што треба. Проблемот е што Комисијата ја прави својата работа толку невидлива, небаре се работи за државна тајна. Тоа треба да е многу транспарентна институција. Не сакам да
борба против корупцијата Стјуарт Гилман е постар партнер во невладината организација Global Integrity Group, која што ги следи трендовите на државно управување и корупција во светот, користејќи ги своите тимови на истражувачи и новинари. Од дипломатската служба во ООН е пензиониран во 2010 година, а моментално е и советник за анти-корупција на UNDP за Арапскиот регион. Речиси 40годишната кариера на Др.Гилман вклучува позиции на универзитети, влади и непрофитни организации. Неговата работа е фокусирана на интегритетот и антикорупциските системи во владиниот и приватниот сектор. Тој обезбедил консалтинг и тренинг за голем број политички лидери, директори на големи корпорации, па сè до шефови на антикорупциски агенции, судии и обвинители. Неговите трудови се често цитирани во медиуми како Wall Street Journal, Washington Post, Chicago Tribune, Financial Times, итн. Докторирал на Универзитетот во Мајами пред 41 година, а своите постдокторски студии ги заокружил на престижните универзитети Стенфорд, Харвард и Вирџинија. ја дискредитирам самата Комисија, но сметам дека нејзиниот начин на работа воопшто не оди во прилог на целта за која што е и основана. Само погледнете го фактот што го дознав, дека од 200 случаи годишно пријавени во Антикорупциската комисија, се отвориле случаи за 9, а ниту еден од нив не се процесуирал. Како е тоа можно? XX Но, корупцијата во земјава е практично вкоренета во културата на живеење, еве гледате најновото истражување покажа дека секој трет Македонец би потплатил за да му се заврши некаква работа. Како да се бориме против тоа? Па добар почеток е да се зборува за корупцијата со
децата, уште од најрана возраст. На училиште да имаат предмети каде што тоа ќе се спомнува. Па дечињата да ги критикуваат своите родители во ситуации кога ќе сакаат да дадат бонбониера или шише пијалак на лекарите, на пример. Да, во многу земји, самите граѓани се навикнати на тоа дека треба да дадат некаков подарок во болница, во спротивно не би добиле квалитетна услуга и сл. Тоа го прават првенствено од страв, а не толку од чувството на благодарност за завршената работа. Истото е и во јавните служби, образованието и сл. Едноставно таквите навики станале дел од културата на живеење. Имаше случај во една земја тука од вашето соседство, каде што лекар добивал толку многу бонбониери, што ги носел
www.kapital.mk
Капитал број 798 13.02.2015
26
интервју
во продавницата спроти клиниката и таму ги продавале повторно на пациентите, а тој ги делел парите со продавачите. Е сега прашањето е како да го пресечете тој јазол, таа култура која промовира корупција? Сите граѓани се засегнати и треба да се запрашаат следново: колку всушност чини мојата здравствена заштита? Кога Светската банка, на пример, прави студија за цената на здравствените услуги во Македонија, ги зема предвид трошоците што ги прави државата за таа намена. Но, дали се вклучени тука трошоците за мито и подароци? Значи мора да сфатиме дека не се работи само за подарокот што ние ќе го дадеме, туку за ефектот што тој наш потег заедно со сите останати како нас, ќе го има врз општеството.
Пред кривично да ги гоните корумпираните, исфрлете ги од власта! XX Познат е вашиот став кој вели дека проблем на многу држави е што премногу се фокусираат на криминализирање на корупцијата , додека постојат поефикасни начини на борба против неа. Кои се тие начини? Борбата против корупцијата во принцип се сведува на акциите што ги презема правосудниот систем против осомничените за корупција. Секој систем на кривично право - освен ако зборуваме за општества каде што не владее правото – се заснова на основната пресумпција на невиноста додека не се докаже спротивното, на истраги во кои што се прибираат докази и сл., на судски процеси кои што траат прилично долго... значи целата таа правна процедура за гонење и казнување на тие што се подложиле на корупција, во демократски системи е бавна. Постојат неколку алтернативи, кои што според мене, ќе ја направат поефективна борбата против корупцијата. Мислам дека најуспешната борба против корупцијата е преку користење на
административни процеси. Во најмала рака, тргнете ја личноста од јавната функција што ја извршува. Значи кога имате кршење на правилото кое вели дека не смееш да ја користиш јавната функција за стекнување на лична корист, тогаш може да те гониме кривично, но секако ќе ја загубиш работата на државен функционер. Значи, настрана од евентуалната кривична истрага, овде не се занимаваме со докази и сл., туку едноставно брзо преку административна одлука се ослободуваме од личноста која што е корумпирана. Вториот процес кој што е исто така ефективен, е префрлање на борбата против корупција од кривично гонење, во областа на граѓански процеси. Значи, владата може да поднесе тужба пред граѓански суд против функционер, кој што, на пример, не може да докаже откаде му е голема сума пари на неговата сметка, или голем имот, кога ќе се земе предвид колку е неговата официјална заработка. И тогаш, ако тој не успее да го докаже потеклото на имотот, значи дека го стекнал на нелегален начин, односно со корупција, и државата
му ги одзема тие средства. Со тоа се обесхрабруваат корумпираните и оние што допрва може да бидат корумпирани, затоа што пораката е дека иако можеби нема да одат во затвор, она што го стекнале со корупција нема да може да го задржат. XX А, како да се постигне независност на телата што треба да ја сузбиваат корупцијата? Да бидеме искрени.. Кога зборуваме за министри, тие не се само функционери, тие се и пријатели едни со други. Пијат кафе заедно, ручаат. И секако дека јас нема да сакам да го уапсам својот пријател. Колку и да е сериозна работата, секогаш може да кажеме, е добро де, може да прогледаме низ прсти. Затоа е важна независност на антикорупциското тело, тоа да биде целосно раздвоено од законодавната, извршната и судската власт. Во човечката природа е да посакува да искористи нешто од својата позиција, а независно тело кое што ќе се бори токму против таквите застранувања, е клучно за успехот во борбата против корупцијата. Како и да е, не постои еден единствен начин како ефикасно да се борите
против корупцијата. Секоја земја треба да си најде свој начин како да го направи тоа, како да добие независно антикорупциско тело. Има примери на држави како Бразил, Латвија, Боцвана и др., кои што на времето биле безнадежни случаи во поглед на состојбата со корупција, а подоцна постигнаа значителен успех во борбата против неа. XX Како успеале во тоа? Прво, да потсетиме дека Бразил и Латвија порано беа авторитарни, диктаторски режими, а Боцвана беше во хаос по стекнувањето независност од Британците во 60-те години. И нормално е дека по влегувањето на демократијата, ќе има генерално расположение кај новите власти дека тие се поинакви од претходниците, дека ќе се борат против криминалот и корупцијата и сл. Во Бразил, на пример, формираа Антикорупциска агенција која е тотално независна од Владата и нејзините претседател и членови имаат мандат од пет години, така што никој не може да ги смени од функцијата, освен во случај на сторен криминал и сл. Независноста на ова тело оди до таму што може и да ги бира обвинителите за поедини истраги против корупција кои што самата агенција ги покренува. Агенцијата имаше и огромна поддршка од Врховниот суд, кој што беше фрустриран од корупцијата на пониските нивоа на правосудниот систем. Во Латвија, формираа исто вакво тело, во напорите за приближување кон НАТО и ЕУ, и тоа почна многу ефективно да ја врши работата. Голем број функционери и бизнисмени беа ставени под истрага за корупција, за во еден момент латвискиот премиер да каже “што е ова, премногу мои министри се уапсени“ и да иницира постапка во парламентот за смена на популарниот директор на антикорупциското тело. Истата вечер, 50.000 луѓе се собраа пред парламентот,
www.kapital.mk
Капитал број 798 13.02.2015
27 скандирајќи дека ако го исфрлат директорот од агенцијата, народот ќе ги исфрли нив од владата и парламентот. На крајот премиерот мораше да поднесе оставка.
Зголемувањето пензии пред избори е “суптилна“ корупција XX Дали се смета за корупција кога власта темпира исплата на земјоделски субвенции, зголемување на пензии и други придобивки за граѓаните, токму пред избори? Ако ве повикуваат на гласање со тоа што ви ветуваат по 10 евра ако гласате за таа и таа партија, тоа е очигледен пример на корупција. И тоа е лесно да се разграничи од “суптилната“ корупција, односно пензиите и субвенциите што ги споменавте. Прашањето е сега колку далеку може една власт да оди со вакви
постапки во изборниот процес. Дилемата е сега, доколку пензиите треба ионака да се зголемат, дали владата треба да го темпира тоа пред самите избори или да се стори откако тие ќе завршат? Да, владата може да зголемува пензии кога сака, тоа е легално покриено, но за да се зачува регуларноста на изборниот процес, треба да постои независно тело што ќе одреди кога ќе се зголемат пензиите. Треба да постои независно тело што ќе каже кога да се исплатат субвенциите. Така се зачувува интегритетот на изборниот процес. Луѓето многу често мислат дека има директно подмитување пред избори, но на крајот гласаат така како што гласаат, од различни причини. Во Венецуела, поранешниот претседател Хуго Чавез, непосредно пред последните избори на кои што победи, нареди сите трговци со бела техника да ги спуштат цените за половина. Па, кој
граѓанин не би сакал поевтини апарати за дома? Тоа е класична корупција. Така правеле римските императори, дајте му на народот леб и игри, за да заборават за се друго што не чини во државата. XX Бизнисите, покрај обичните граѓани, се исто така под притисок од коруптивни елементи при обидот да добијат некаква услуга од државата, дозвола, тендер или било што. Како приватниот сектор да се бори против корупцијата? Бизнисите, без оглед на нивната големина, а особено малите и средни бизниси треба да се потпрат на своите здруженија и комори. Поединечно ниеден бизнис нема да настапи во јавноста, од страв дека утредента ќе му дојде инспекција или УЈП. Да ви кажам нешто: многу сум пропатувал за овие 40-тина години работа. Во 1990-те
можеби и беше вообичаено во постсоцијалиситчките земји да владее мислењето дека не е баш мудро како компанија да се жалите на корупција во владата и сл. Но, јас за последниве пет години имам поминато 80% од балканските земји, а во Македонија слушнав повеќе поплаки од приватниот сектор во врска со корупцијата од било која друга земја. Тоа не е здраво. Па, макар и да не е точно, стравот да е неоснован, Владата мора да стори нешто во врска со таа перцепција: дека ако се жалите, ќе бидете казнети, односно ќе ве посетат даночниците, инспекциите и сл. Или вашата сопруга ќе ја загуби работата во основното училиште. Ова може да се само приказни. Но, емпириската реалност е дека луѓето веруваат во нив. И обврска на владата е, и ако ова не е точно, да објасни зошто не е точно. А, ако е точно, да расчисти со тоа. nnn
ˁ̯̦̖̦̌̍ ̡̛̬̖̯̔ • ʰ̨̦̭̚ ̦̌ ̡̛̬̖̯̔͗ ̨̔ ϭϬϬ͘ϬϬϬ͕ϬϬ ̖̬̏̌ • ˀ̨̡ ̦̌ ̨̯̪̣̯̌̌͗ ̨̔ Ϯϱ ̨̛̛̦̐̔ • ʶ̥̯̦̌̌̌ ̡̭̯̪̌̌͗ ϰ͕ϰϰ й ̴̡̛̭̦̌ ̌̚ ̛̪̬̯̖̏ ϰ ̨̛̛̦̐̔
№4
ɂɧɮɨ ɰɟɧɬɚɪ www.unibank.com.mk ɉɪ Ɇɟɫɟɱɧɚɬɚ ɪɚɬɚ ɢɡɧɟɫɭɜɚ ɟɭɪ ɡɚ ɤɪɟɞɢɬ ɟɭɪ ɫɨ ɪɨɤ ɧɚ ɨɬɩɥɚɬɚ ɝɨɞɢɧɢ ɢ ɮɢɤɫɧɚ ɤɚɦɚɬɧɚ ɫɬɚɩɤɚ ɧɚ ɝɨɞɢɲɧɨ ɧɢɜɨ ɜɨ ɩɪɜɢɬɟ ɝɨɞɢɧɢ ɋɨ ɟɞɧɨɤɪɚɬɧɢɨɬ ɚɩɥɢɤɚɬɢɜɟɧ ɬɪɨɲɨɤ ɟɭɪ ɋȼɌ ɢɡɧɟɫɭɜɚ ɧɚ ɝɨɞɢɲɧɨ ɧɢɜɨ ɈɜɢH ɭɫɥɨɜɢ ɜɚɠɚɬ ɡɚ ɤɥɢɟɧɬɢ ɫɨ ɩɥɚɬɚ ɩɪɟɤɭ ɍɇɂȻɚɧɤɚ ɞɨ ɝɨɞ
www.kapital.mk
Капитал број 798 13.02.2015
28
Капитал анализа
Познат инвестициски фонд станува главен играч во млечниот бизнис во Македонија и регионот
Фондот Mid Europa влезе и во Млекара Битола. Што ќе значи тоа за млечниот бизнис? пишува:
Оливер Трајчески
oliver.trajceski@kapital.mk
Ф Дејан Азески
dejan.azeski@kapital.mk
Фондот Mid Europa partners минатата недела објави дека ја купи групацијата Danube Foods Group под чија капа се српските компании Имлек, Млекарница Суботица, Бамби и Књаз Милош, односно на млекарниците кои во составот на Имлек работат ширум Македонија, Црна Гора и Република Српска. Зделката со која сите брендови од групацијата Danube Foods ќе преминат во портфолиото на инвестицискиот фонд Mid Europa тежи 575 милиони евра.
И покрај оптимистичките најави од новиот сопственик на Битолска млекара, експертите во Македонија се поделени околу очекувањата за тоа што тоа ќе значи за македонскиот бизнис со млеко. Додека едни се повикуваат на светски искуства, според кои инвестициските фондови се посветени само на брз профит, другите во влезот на големите интернационални компании гледаат можност за препород на македонското сточарство и производство на млеко. Оваа вест изминативе десетина ден беше главна бизнис тема во регионот, но и во Македонија, бидејќи со оваа зделка најголемата македонска млекарница, Млекара Битола, добива нов газда, на местото на досегашниот српската млекара Имлек. Капитал анализира како промената на сопственоста на најголемата македонска млекарница, ќе се одрази на млечниот бизнис во Македонија?
Што може да очекува Млекара Битола од новите газди?
Од Danube Food Group, досегашниот сопственик на Млекара Битола имаат многу
оптимистички очекувања од целата зделка. Според нив, новиот фонд ќе продолжи со инвестициите во компаниите, односно значајно ќе вложи во производството. „Mid Europa partners ќе успее да направи она што и Danube Foods Group и ќе продолжи со тие инвестиции, па дури ќе ги направи и подобри. Потполно сум сигурна дека овие големи брендови, за кои нашата јавноста е емотивно врзана, ќе останат и ќе бидат уште подобри“, вели Светлана Глумац од Danube Foods Group. Андреј Бабаче, директор на Mid Europа за Капитал изјави дека се задоволни од договорот за преземање на
Danube Foods Group и сите нејзини подружници. “Гледаме суштински потенцијал во понатамошниот раст и развој на групацијата во Македонија, како и на сите пазари, и посветено ќе работиме во делот на човечките ресурси и капиталот, односно во исполнување на овој потенцијал, како што тоа го правевме со поранешните инвестиции во регионот. Го очекуваме проширувањето на капиталот, ресурсите и искуството, како што тоа успешно го направивме со нашите претходни инвестиции во регионот“, ни изјави Бабаче. Капитал побара, но не успеа да добие став и од
www.kapital.mk
Капитал број 798 13.02.2015
29 36
34
35
27
24
23
33
Увоз на млеко во милиони евра
2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014
2009
2010
менаџментот на Млекарницата во Битола за да го слушнеме нивните очекувања од новите сопственции. И покрај оптмистички најави, познавачите на млечниот бизнис во земјава се скептични дека промената на сопственоста на најголемата наша млекарница, ќе ги промени на подобро состојбите со млекопроизводството во Македонија. Според нив, самиот факт што Македонија пред неполни две децении била еден од поголемите извозници на млеко и на млечни производи во регионот, а денес поради
403
394
2008
395
417
429
439
Производство на млеко во милиони литри
2011
2012
2013
намаленото производство сè повеќе увезува млеко, најдобро говори како се развива млечниот бизнис во земјава. Мирко Велковски, битолски бизнисмен и поранешен директор во Млекара Битола вели дека Битолска млекара, која за нашиот пазар е многу голема и значајна, за Фондот ќе биде многу мала и безначајна млекарница. Тоа, според него, отвара дилеми дали и колку инвестицискиот фонд ќе инвестира и ќе размислува за долгорочниот развој на млекарата во Битола. Тој смета дека за
Кој е Mid Europa partners, новиот газда на млекара Битола ?
M
id Europa partners е инвестициски фонд фокусиран на инвестирање во Централна Европа и Турција Има седиште во Лондон и претставништва во Будимпешта, Истанбул и Варшава. Во изминатите години, фондот ги превзема чешки Т-mobile и „Ceske Radiokommunikace“, LUX Med, полски „Centrum medyczne LIM“ и DISA, односно унгарскиот удел во водечкиот дански провајдер за фиксна телефонија Invitel. Досега, Mid Europa partners успеала неколкукратно да ја зголеми продажната вредност на дел од компаниите кои ги поседува. Продавајќи ја српската кабловска мрежа SBB, во 2013 година фондот успеа тројно да ги врати вложените инвестиции. Во 2007 година Mid Europa partners го купи полски Lux Med, а шест години подоцна успеа истиот да го продаде на британската здравствена групација Bupa за 400 милиони евра, или пак речиси два и пол пати поскапо. Минатата година инвестицискиот фонд продаде 39,3 % од акциите во чешки T-mobile на Deutsch Telekom за 828 милиони евра, а една година претходно и акциите на мобилниот оператор Orange Austria на Hutchinson 3G, подржужница на хонг-конгшката Hutchinson Whampoa. Ова не е прв влез на Mid Europa partners во Македонија. Во 2009 година имаше влез и преку македонскиот телевизиски провајдер Тотal TV, кој функционираше под капата на српската кабловска мрежа SBB, а која беше во сопственост на инвестицискиот фонд. Во октомври 2013, американската компанија Kohlberg Kravis Roberts (KKR) го купи мнозинскиот пакет акции на SBB од Mid Europa partners за 1,3 милјарди долари. Робер Кнор, партнер на Фондот кој ги води инвестициите, потенцира дека со купувањето на Danube Foods Groups, продолжува инвестирањето на Mid Europa partners во големите бизниси од регионот. Српскиот портал Интермагазин минатата недела објави дека фондот Mid Europa неофицијално е поврзан со познатиот инвеститор Џорџ Сорос, но тоа од никого засега не беше ниту потврдено, ниту демантирано.
надминувањето на проблемите со кој се соочува млечниот бизнис и за зголемување на домашното производство на млеко, државата треба вниманието да го насочи кон помалите новоизградени млекарници. „Во овој момент, единствено што може државата да направи како траен влог за стабилно млекопроизводство, е максимално да ги поддржи малите млекарници кои се се побројни. Кога тие ќе прераснат од мали во средни или големи млекари, тогаш ќе може да престанеме да се плашиме за иднината на домашното производство
на млеко, како и иднината на целиот сточен фонд како основа за овој бизнис", вели Велковски. Универзитетскиот професор Борис Анакиев е оптимист и смета дека светското реноме на новиот газда, и дава право на јавноста да се надева и да очекува подобри состојби во Млекара Битола, односно целиот млечен бизнис во Македонија. „Без разлика како во моментов работи Млекара Битола, праксата покажала дека секогаш може да се направи повеќе и подобро. Мислам дека нема причина да се сомневаме дека новите
www.kapital.mk
Капитал број 798 13.02.2015
30
Капитал анализа Андреј Бабаче
Мирко Велковски
директор на Mid Europa partners
стопанственик и поранешен директор во Битолска млекара.
Н
К
ие сме задоволни што го потпишавме договорот за преземање на Danube Foods Group и сите нејзини придружници. Гледаме суштински потенцијал во понатамошниот раст и развој на групацијата во Македонија, како и на сите пазари, и посветено ќе работиме во делот на човечките ресурси и капиталот, односно во исполнување на овој потенцијал, како што тоа го правевме со поранешните инвестиции во регионот.
Што покажува статистиката?
Статистиката покажува дека од 2008 година домашното производство на млеко бележи опаѓање, проследено со намалување на домашниот сточен фонд. Во 2008 година во Македонија се произвеле 439 милиони литри млеко. Во 2009 и 2010 година производство се намалува на 395 и 394 милиони литри. Следната 2011 година со произведени 417 милиони литри може да се
увезено млеко во вредност од 22 милиони евра. Во 2009 година увозот се зголемил на 24 милиони евра, за да во изминатата 2014 достигне рекордни 36 милиони евра за увоз на млеко.
265
Фармерите бараат спас од увозното млеко
238
251
259
Број на говеда во илјади
252
сопственици ќе се обидат да направат напредок", вели Анакиев. Од Анакиев побаравме и проценка дали и колку новите сопственици ќе го зголемат домашното производство на млеко, или пак увозот на млеко од регионот. „Млекото како суровинска база, теоретски може да потекнува и од Марс. Ако тоа е еднакво квалитетно, а истовремено и поевтино од македонското, не гледам зошто ние би ги запреле да увезуваат", вели Анакиев.
лучниот проблем е тоа што Битолска млекара, која за нашиот пазар е многу голема и значајна, за фондот кој го споменувате ќе биде мала и безначајна. Оттука, се отвора прашањето колку ќе има интерес да инвестира во долгорочен развој на млекарата.
2009
2010
2011
2012
2013
Состојба на сточен фонд
смета за добра година, што според експертите најмногу се должи на подемот на малите млекари. Изминатата 2014 година во Македонија се произвеле 429 милиони литри млеко. Во анализираните седум години Владата исплати милионски суми од буџетот
на име субвенции во сточарството. Само во последните три години за субвенционирање на сточарите се потрошени околу 70 милиони евра. Во истиот тој период увозот на млеко бележи постојано зголемување. Така во 2008 година во Македонија било
Капитал контактираше и со неколку фармери кои одгледуваат крави. Тие алармираат дека ако државата не превземе конкретни мерки за подобрување на состојбата со млекопроизводството, увозот целосно ќе го уништи и сточарството. Севегин Лековиќ, фармер од велешко Оризаре вели дека состојбата во млечниот бизнис се влошува. Тој раскажува дека пред 10 години, во Оризаре се предавале по три тона млеко во денот, а денеска истото се мери во килограми. „Ние сточарите сме жртвените јагниња од кои сите сакаат да заработат. Млекарите немаат потреба од нас, тие се целосно потпрени на млекото во прав кое се увезува, а ние
www.kapital.mk
Капитал број 798 13.02.2015
31 Слободан Петровиќ генерален директор на Имлек
С
о нетрпение чекаме да работиме со тимот на овој инвестициски фонд, кој ќе ја предводи групацијата на едно повисоко скалило. Ние сме задоволни да им посакаме добредојде на Mid Europa како силен и високо-угледен инвестирот во Danube Group. Веруваме дека регионалното искуство на Mid Europa и фокусот кон најдобрите практики, ќе го олеснат успехот.
им служиме како нужно зло во мешавините кои ги прават. Бараат од нас кравите да даваат по 50 килограми млеко. Тоа е невозможно. ”, објаснува Лековиќ, додавајќи дека сточниот фонд во Македонија постојано се намалува. Во Македонија во 2009 година имало 252 илјади говеда, а во 2014 година нивниот број се намалил на 238 илјади. Фармерите посочуваат и на
се поголемиот увоз на млеко во прав. Друг аспект или поткатегорија од увозот, кој можеби најмногу ги обременува сточарите во Македонија, е фамозното млеко во прав. На пример, според податоците од Агенцијата за храна и ветеринарство, во 2011 година во државата влегле 2.300 тони млеко во прав, за разлика од 1. 500 тони кои биле увезени во
Борис Анакиев универзитетски професор
Н
е треба да се прашуваме дали новите сопственици ќе увезуваaт повеќе или помалку млеко од странство. Млекото како суровинска база, теоретски може да потекнува и од Mарс. Ако тоа е еднакво квалитетно, а истовремено и поевтино од македонското, не гледам зошто ние би ги запирале да увезуваат.
2010. Капитал не успеа да дојде до понови податоци за увозот на млеко во земјава, но според оние кои директно се инволвирани во млечниот бизнис, оваа количина постојано се зголемува. Професорот Анакиев за овој проблем има интересен став. „Точно е дека увозот на млеко, а особено на млеко во прав, претставува проблем за домашните мали примарни производители. Но, точно
е и тоа дека нив никој не ги запира да пронајдат начин да бидат поконкурентни и со цената и со квалитетот. Тој начин е познат и единствен и се вика окрупнување на фармите. Тоа е неизбежен процес, кој фармерите треба да го сфатат, а Владата да го поттикне и поддржи. Не постои друг начин за подобрување на состојбите во сточниот фонд и млекопроизводството", вели Анакиев. nnn
СО СЕКОЈА ПРОМЕНА ДОАЃА РИЗИК
НАГРАДА
МИНИМИЗИРАЊЕ НА РИЗИКОТ, ВО МОМЕНТОТ НА ВОВЕДУВАЊЕ НА ПРОМЕНИ КОИ МОЖЕ ДА ЈА ПОДОБРАТ ПРОФИТАБИЛНОСТА Е ОД ОГРОМНО ЗНАЧЕЊЕ ЗА ФИНАНСИСКОТО ЗДРАВЈЕ НА ВАШАТА ОРГАНИЗАЦИЈА. ВО CANON, ЗНАЕМЕ ШТО ТОА ЗНАЧИ – И ГИ ИМАМЕ ЕКСПЕРТИТЕ, ИСКУСТВОТО И ТЕХНОЛОГИЈАТА КОИ ЌЕ ВИ ПОМОГНАТ ДА ГО НАПРАВИТЕ ТОЈ ЧЕКОР.
СО CANON. ОТКРИЈТЕ ЕДЕН ИЗВОНРЕДЕН ИЗБОР НА ТЕХНОЛОГИИ, КОНСУЛТАНТСКИ УСЛУГИ И ПОДДРШКА ВО CANON-EUROPE.COM/EXCEPTIONAL ɷɾɺɾ ɾʇʀʁʉʍʄʀ
www.kapital.mk
Капитал број 798 13.02.2015
32
Агробизнис Како до поголема конкурентност на македонските производи на европскиот пазар?
Најпроактивните агро бизниси со ПроКредит на саем во Берлин
У
Учество на светски саеми, конференции, форми за вмрежување се практики кои за еден проактивен бизнис значат почетна точка за нови знаења за потребите на европските и светските пазари, следење на најновите трендови за механизација, иновативни приоди, пласман во странство XX Преку ПроКредит четиринаесет агро бизнисмени на Фрут Логистика во Берлин Во насока на развојна поддршка на агро бизнисиот и прехрамбено преработуваката индустрија,
ПроКредит ги награди најпроакртивните агро бизнси избрани минатата години со саемско патување на Фрут Логистика, најголемиот европски саем за
земјоделие и храна. Саемската посета беше пристап до шест илјади бизниси од целиот свет кои работат во тој сегмент. Најпроактивните агро
бизниси од Македонија имаа можност да се запознаат со најновите технологии и иновации во земјоделието и да оставарат бизнис контакти за соработка.
СВЕТСКА ПРЕМИЕРА НА ИНОВАЦИИ
Апарат за откривање на технолошка зрелост на овошјето, Sunforest H- 100
Производство на сокови без додавање на адитиви
пектрометрар, кој со неинвазивна метода ги одредува параметрите на овошјето и ја одредува неговата технолошка зрелост како кај производителите така и кај трговците со овошје.
ибридни сорти на овошје со нестандардна бојаморкови кои се природна база за производство на концентрати за сокови во сите бои.
С
Х
Нова сорта Lemoncherry на домати со вкус на лимон
Н
ежен декоративен изглед на домати со нетипичен изглед и вкус. Еден плод тежи до 12 грама а еден грозд има од 14 до 16 домати што го прави атрактивен за сервирање и консумација.
www.kapital.mk
Капитал број 797 13.02.2015
33 Светски саеми, вратата за успех за македонските агро бизниси Европските пазари бараат загарантиран стандард и количина на нашите производи Деловните средби во рамки на саемот покажаа дека Западно Европските пазари имаат интерес за македонските производи: јаболки, грозје, лубеница, краставица, пиперка, домат, ајвар. За истите се бара сортиран пласман според класи, гарантиран квалитет на секоја испорачана количина и континуитет во пласманот.
Во 2015 засилена финансиска поддршка на инвестции од европски терк
XX Специјализирана бизнис банка мора да ги следи трендовите во секоја индустрија исто како што ги следи еден проактивен бизнис. Од ПроКредит најавуваат олеснување на пристапот до финансии на развојно ориентираните бизниси.
Кредитирање преку Земјоделскиот Гарантен Фонд
ПроКредит нуди активни поддршка на капитални инвестиции како ладилници, заштитни мрежи, хибридни насади, модерна механизација, органско производство. Преку соработка со Земјоделскиот Гарантен Фонд агро бизнисите имаат можност да добијат многу полесен пристап до финансирање и на поголеми износи кои ќе бидат гарантирани преку самиот фонд.
Финансиска поддршка на земјоделски кооперативи Она што во Македонија е во зародиш е финансиската поддршка за земјоделски кооперативи (задруги). ПроКредит веќе ги има исплатено првите кредити за инвестиции на земјоделските задруги .
Најпроактивните агро бизниси рекоа: Бубе Трајковски Агростарт Најпроактивен агро бизнис во категорија житни култури
Д
а се биде прв на пазарот значи да се размислува за нови форми во бизнсиот покрај тековното производство, а новите работи можете да ги видите само на саем. Покрај производството на жито размилсуваме оваа година за технологија за производство на лубеници без семки. На саемот дпбив контакти од компанија од Шпанија и планирам уште оваа сезона на 2 хектари да насадам лубеници без семка со комплетна инвестиција на систем капка по капка. Верувам дека ова е чекор за пласман на европските пазари.
Јорданчо Ѓорчев ГД Тиквеш Најпроактивен агро бизнис во категорија овошни насади
Н
ие како компанија се соочуваме со проблем за менаџирање на сезонските работници и во голема мера зависиме од контрола на квалитетит на таа работа. На саемот ги видовме и најновите технички достигнување во приклучните машини за предрезидба и дефолијација на виновата лоза и во иднина ќе инвестираме токму во вакава механизација.
Транталовски Пере производител на јаболки Најпроактивен агро бизнис во категорија иновативен пристап во работењето
О
рганското производство во Македонија е многу помалку развиено отколку во Европа. Верувам дека органското јаболко би имало добар пласман и затоа размислуваме за постеено насочување на органски јаболки и производство на 100% свеж сок. На саемот се сретнав со 4 производители на мали машини за произвоство на природни сокови од јаболка и препарати за органско третирање на јаболковите насади. Инвестиција во опрема за производство на сок од јаболка со капацитет од 350 литри на час и со годишено производство од 150 тони јаболка придонесува за поголема ефикасност во пласманот на јаболкото кое покрај свежо може да се продава и како готов прозивод.
ИЗ Роксана производител на кајси Најпроактивен агро бизнис во категорија иновативен пристап во работењето
С
акаме да го модернизираме нашето производство со линија за калибрирање на овошје. Тука најдовме калибратор од Нов Зеланд кој има техничка можност едно исто овошје да го сортира во 10 класи со капацитет до 6 тони на час и чини околу 80 000 до 100 000 евра со сензори кои по пат на светлина ја снимааат технолошката зрелост на овошјето без да го повредат. За мене беа интересни и пакерките за овошје со можност на пакување од поединечни плодови до пакување на овошјето во палети тоа е следното со кое за кое сакаме да се модернизираме. Преку вакавата форма земјоделците имаат можност да постигнат подобра цена за набавка на репроматеријали. Ваквата форма нуди можност за поголема преговарачка моќ кон откупните центри и настап на странски пазар. Здружувањето нуди можност за полесен пристап до потребен капитал за развој- насади, механизација, ладилници, современи технологии за анализа на земјата и прозиводството.
Можност за вмрежување
ПроКредит е специјализирана бизнис банка и силна групација во регионот. Клиентите на ПроКредит банките во регионот (Србија, Бугарија, Косово, Албанија) имаат можност меѓусебно да се запознаат и да развијат соработка преку регионални бизнис средби. nnn
www.kapital.mk
Капитал број 798 13.02.2015
34
Кариера
Побиени митови
Какви заблуди имаме за самовработувањето?
Д
Да се биде самовработен сè уште често во јавноста има негативна конотација, односно ова не се врзува со толку ласкави епитети. Ова е листата на најчестите митови врзани за самовработувањето:
1.
Луѓето се принудени така да се вработуваат
Бидејќи мнозинството самовработени се одлучиле на таков потег поради неможност да најдат работа во некоја компанија или државна институција раширено е ваквото верување. Но, последните истражувања на Global Entrepreneurship Monitor звучат нешто пооптимистички. Најмногу такви бизниси се почнуваат бидејќи луѓето имаат добри бизнис идеи или јасна визија за тоа со кое сакаат да се занимаваат, се
Да се почне свој бизнис звучи како возбудлива идеја. На пример, денес во Велика Британија 4.5 милиони луѓе се самовработени, при што се заслужни за 43% од новоотворените бизниси во оваа земја
вели во истражувањето. Исто така, анкетите покажале дека токму наведените причини се 5 пати почеста причина за почнување самостојна работа, отколку немањето други опции.
2.
Самовработените не придонесуваат во економијата
Нивниот придонес кон државната каса неправедно е потценет. Денес самовработените во западниот свет се високообразовани индивидуалци кои придонесуваат за тамошните економии со милијарди долари профити. Ги користат своите вештини за да создадат нешто вредно, но, исто така, имаат можност повеќе време и пари да потрошат на семејните потреби и заедници, бидејќи ги немаат трошоци што ги бара вработувањето во некоја компанија – тврди Ема Џонс, основач на порталот EnterpriseNation.
3.
Повеќето невработени го работат она за што не се потребни особени вештини
Истражувањата покажуваат дека и овој мит не е точен, бидејќи од 2008 година менаџер и информатичар се најзастапени професии меѓу оние кои се одлучуваат сами да тргнат во бизнис авантура. Но, ако е вашиот талент во некоја уметност или, пак, сметате дека сте извонреден мајстор за куќни поправки, нека не ве обесхрабрува овој податок – обидете се на овој начин да ја искористите својата вештина.
4.
Луѓето се самовработуваат само поради материјална добивка Само мал дел од она поради што луѓето се одлучуваат на ваков потег е врзано за финансиите, тврдат истражувањата на Кралскиот институт за
уметност (RSA). Главната причина се поголемото лично задоволство, слободата и контролата на сопствениот живот.
5.
Жените одбираат самовработување пред сè поради семејството
Во споменатите истражувања меѓу самовработените, дури 64% од испитаниците биле жени, но, од нив само 28% имале деца, што никако не оди во прилог на веродостојноста на овој мит. Она што, според истражувањата, е најголема препрека кај самовработените, е недостатокот на самодоверба и верба во својот проект, додека споменатите митови и клишеа се работа на минатото. Од откачени уметници и чудаци, самовработените полека се наметнуваат во еден од столбовите на економијата. nnn
www.kapital.mk
Капитал број 798 13.02.2015
Startup
35
Иновативна идеја на македонски претприемачи
Со Клакси, побрзо и поевтино до такси Клакси (Claxi) е нова македонска стартап приказна која има амбиција да го олесни користењето на такси превозот за корисниците, а да го подобри бизнисот за такси возачите
Иво Корчуланин
Ц
ел ни е апликацијата да ја промовираме и надвор од Македонија, затоа што користа од неа е иста било каде во светот.
пишува:
Р
Игор Петровски
igor.petrovski@kapital.mk
Речиси нема човек кој што не користи такси превоз, исто како што нема човек кој не се изнервирал кога подолго време на може да најде возило, платил поскапо за возењето одошто очекувал и сл. Клакси (Claxi) е нова македонска стартап приказна која има амбиција да го олесни користењето на такси превозот за корисниците, а да го подобри бизнисот за такси возачите. Во моментов нивната апликација на своите мобилни телефони и таблети ја имаат преку 2.000 корисници, а го подобрува квалитетот на работата и ја зголемува исплатливоста во такси бизнисот на повеќе од 200 такси возачи. Во моментов Клакси активно функционира во повеќе градови во Македонија, како што се Скопје, Куманово, Битола, Штип, а наскоро и во другите градови. “Главната цел на Клакси е да обезбеди најевтин, најбрз и
најквалитетен такси превоз насекаде, без разлика во кој град се наоѓате или сакате да одите. Пријавувањето на возачите е достапно на повеќе начини, преку веб страната, со смс-порака или со порака до профилите на социјалните мрежи, додека пак регистрирањето на патниците е со едноставно бесплатно превземање на апликацијата“, објаснува Иво Корчуланин, лидер на проектот Клакси. Клакси е апликација која бесплатно може да се симне oд Play Store, чија основна цел е поврзување на сите такси возилата со патниците на брз и едноставен начин. Истата ги поврзува двете страни кои се во непосредна близина, притоа заобиколувајќи ја непотребната комуникација со трета страна - диспечерски центар, како што велат дечките од Клакси. Оваа апликација според нив претставува еден голем чекор напред за такси превозот, едно усовршување на услугата која ќе направи револуција во такси бизнисот каква што немаме видено од периодот на воведување на телефонијата во такси превозот.
Таксистите се натпреваруваат за патници
Како функционира Клакси? “Клакси е апликација кој посредува помеѓу сите пријавени такси возила и
сите патници – корисници на апликацијата. Ова не ја прави Клакси уште една такси компанија на пазарот, туку им помага на сите постоечки такси компании и регистрирани такси возачи попродуктивно да го искористат своето работно време, намалувајќи им ги празните километри со тоа што ќе ги добиваат сите барања во нивниот радиус“, вели Корчуланин. Возачите со Клакси го намалуваат времето на чекање на повик на такси станиците бидејќи тие си обезбедуваат повеќе нарачки уште пред да пристигнат на крајната локација. Дополнително Клакси овозможува лесно лоцирање на патникот преку неговата локација на мапа, како и брза директна комуникација на самиот возач со патникот преку пораки. Преку апликацијата возачите добиваат многу повеќе барања од патниците бидејќи истата не сведува на повици од една такси компанија, туку ги доставува барањата до сите возачи во близина на патникот без разлика на која такси компанија припаѓаат, со што овозможува секој возач да испрати своја понуда, од кои потоа патникот може да избере. “Клакси не ги ограничува возачите со работно време,
тарифи или попусти, туку дозволува истите да бидат индивидуално регулирани. Апликацијата за возачи е достапна за сите такси возачи на андроид уред, насекаде во Македонија, а и пошироко“, вели нашиот соговорник. Во однос на патниците, Клакси е достапна со нејзината андроид верзија, а во текот на февруари 2015год. и за корисниците на iOS. Клакси им овозмоува на патниците само со клик да пронајдат такси кога им е потребно. Со оваа апликација, нема повеќе чекање диспечерката да најде слободно возило, или јавување на повеќе компании до слободно возило, се избегнува и непотребното чекање додека да пристигне истото до почетната локација со тоа што може да се следи на мапа движењето на возачот до патникот. “Сега Клакси овозможува избор помеѓу повеќе понуди директно добиени од возачите, а не од компаниите, кои секој патник може да си ги спореди според повеќе параметри избирајќи го најважниот за него, како што се цената, времето на пристигнување на возилото до почетната локација и квалитетот на услугата според оцената од патниците кои веќе се возеле со тој возач“, порачува тимот од Клакси. nnn
www.kapital.mk
Капитал број 798 13.02.2015
36
CEO Profile
Дејв Луис Tesco
"Драстичниот" Дејв
С
Само пред неколку години, Теско (Tesco) ги достигнуваше врвовите во трговијата во Велика Британија. Мултинационалниот трговски синџир остваруваше профити 18 години по ред, а цената на акциите скокна речиси четири пати од 1997 до 2007 година. Седум години подоцна, сликата се помрачи. Во својот најнов финансиски извештај, добивката пред оданочување се намали за
дури 92% на 112 милиони фунти. Сметководственото натфрлување профитот на Теско за 263 милиони фунти предизвика долга истрага што доведе до отпуштање на осум директори и голем товар врз грбот на акционерите на Теско. Поранешниот ветеран на Унилевер, Дејв Луис, му се придружи на Теско еден месец порано од предвиденото и поради тоа мораше да плати за сите грешки на претходниот извршен директор, Филип Кларк. На денот кога јавноста дозна за драматичниот пад на профитот, претседателот на компанијата Ричард Бродбент се повлече оставајќи уште една дупка во ослабениот управен одбор на Теско и уште поголем товар за новиот директор Луис.
Како прв аутсајдер што дошол во Теско однадвор од неговото основање пред реччиси еден век, 49 годишниот Луис треба да донесе свежа енергија во замрениот гигант. Неговиот предизвик, да ги пренесе потрошувачките навики во Теско и да го врати на старите патеки, воопшто не е за потценување.
Потрошувачко искуство Со потекло од Јоркшир, Луис скокна директно од Нотингем Трент Универзитетот на својата прва работна позиција во Унилевер во 1987 година како приправник. Тој остана во компанијата цели 27 години работејќи во секторот за производи за домаќинствата во Јужна Америка, Индонезија и Централна и Источна Европа,
пред да се пресели назад во Британија во 2005 година. Како иновациски лидер, овозможи бизнисот со средства за лична хигиена да расте во просек за 30% годишно и покрај неповолната политичка и финансиска клима. По враќањето во Велика Британија стана генерален директор на одделот за домашна и лична грижа, а во 2007 година застана на чело на Унилевер Британија и Ирска. Стана задолжен за три нови брендови, а тоа искуство на Луис му помогна да се запознае подобро и со продажната индустрија на мало што веројатно ќе му користи во мандатот во Теско. Тој исто така ја доби и улогата да биде предводник на акцискиот план за дебелина на тогашната опозициска Конзервативна партија со што ги натера конзервативците да заземат полиберален пристап во телевизиското рекламирање на храната. Во 2010 година Луис го зголеми своето меѓународно искуство станувајќи претседател на Унилевер за САД, пред да стане глобален претседател на одделот за лична грижа. Како претседател, тој се погрижи за некои брендови за домаќинствата како што се Vaseline, Radox и Dove, влегувајќи во бизнис тежок 18,5 милијарди фунти. Тој е одговорен за лансирањето на легендарниот сапун Dove во Британија и ја зголеми продажбата на компанијата за една третина. Тој го мониторираше и сегментирањето на пазарот на шампони стекнувајќи преносливо знаење и искуство за позицијата во Теско. За времето на Луис, Унилевер купи неколку премиум брендови како што се TRESemmé и Toni & Guy, отворајќи фризерска академија. Луис доби многу пофалби за промените што ги направи во Унилевер. „Тој навистина го донесе бизнисот на светска сцена борејќи се со многу големи конкуренти“, вели аналитичарот за потрошувачки добра Крис Викам за Гардијан. „Тој направи неколку аквизиции и многу добро ги интегрираше во бизнисот на Унилевер, така што компанијата денес стои рамо до рамо со L’Oreal или
www.kapital.mk
Капитал број 798 13.02.2015
37 P&G“. Луис го опишуваат како „умерен, балансиран, внимателен, но не толку харизматичен“ и доаѓа како тотално спротивен лик на неговиот претходни, Кларк. И покрај успесите, неговиот углед не е најчист. Со отпуштање на 300 луѓе од Унилевер во 2007 година со цел да прикаже повисоки приходи од трошоци, го стекна прекарот „драстичниот Дејв“. Според Нил Сандерс, извршен директор на Конлумино, ваквите „драстични“ способности ќе му помогнат во Теско. „Мислам дека некој на неговата позиција треба да биде цврст и решителен и понекогаш треба да прави работи што не се популарни“, изјави Сандерс потенцирајќи дека на Теско му требаат реформи во работењето а не кратење на работни места.
Време на предизвици
Дејв Луис беше назначен за извршен директор на Теско од сениор директорот на компанијата, Патрик Сеско. Претходникот на Луис, Кларк, замина од компанијата во октомври веднаш откако беше објавено дека Теско нема да ги достигне проценките за профитот. Продажбата се намали за 3,1% што е еднакво на намалени приходи за 1,74 милијарди фунти, а пазарниот удел падна од 30,5% на 29% за една година. И покрај ветувањето дека не оди никаде, Кларк замина од Теско после 40 години работен стаж и околу три помалку плодни години како извршен директор. За волја на вистината тој мораше да ја продолжи да управува според претходно поставените високи стандарди од Тери Лихи кој успеа за 14 години на чело на Теско да го воздигне на третото место во светот зголемувајќи ја добивката на компанијата од 750 милиони фунти во 1997 година на 3,4 милијарди фунти во 2010 година. Но, успехот отиде во обратна насока откако во април 2013 година Теско прв пат по 20 години се соочи со намалување на добивката. Меѓутоа, одлуките на Кларк и неговата репутација дека е директор со највисоки бонуси и привилегии како на пример личен возач не се единствените фактори што доведоа до негативни
БРОЈКИ
6784 71 598
продавници во цел свет
милијарда фунти приход во 2014
илјади вработени
за теско Со отпуштање на 300 луѓе од Унилевер во 2007 година со цел да прикаже повисоки приходи од трошоци, го стекна прекарот „драстичниот Дејв“. Сега како шеф на најголемиот британски трговски синџир Теско, Дејв Луис, ќе треба да ги засука ракавите ако сака да ја извади компанијата од кризата и да ги надмине проблемите по контроверзниот скандал со сметководството трендови во Теско. Подемот на онлајн купувањето и зголемената популарност на трговските синџири што нудат големи попусти, според аналитичарите исто така влијаеја на финансиската ситуација на Теско.
Скандал со сметководството
Се случи во средина на турбулентно опкружување за малопродажбата што Луис го прифати предизвикот да ја преземе контролата во Теско, официјално назначен како извршен директор на први септември. Само неколку недели подоцна, сепак проблемите беа дополнети со откритието за дупката во профитот која се верува дека е во вкупна сума од 250 милиони фунти. Ваквото откритие доведе до истражување направено од Дилоит (Deloitte). Веста беше шок за новиот извршен директор, а ситуацијата од лоша стана
полоша, кога на 23 октомври, беше соопштено дека дупката од профитот стигнала до 263 милиони фунти- 23% од целокупниот профит. Аналитичарот за малопродажба Нил Саундерс верува дека Луис добро се справи со скандалот, обидувајќи се да гледа кон иднината но истовремено остана отворен и за соработка во однос на истражувањата во компанијата. Луис даде јасна визија што сака да направи кога се придружи на тимот во компанијата. Откако беше откриена дупката во профитот, тој им напиша мејл на своите вработено: „За да го подобриме нашиот бизнис потребно е да се промени нашата култура... Ние сакаме да работиме во компанија која е отворена, транспарентна, фер и искрена“. Ова веројатно и беше идејата на Теско со Луис-
човек дојден од надвор, да ја преземе компанијата, кој е во силна позиција да ја смени културата која владееше во Теско со години. Но одлуката на компанијата исто така беше и во фактот што имаше многу малку лица кои би можеле да преземат ваква улога, вели Саундерс. Да се земе некој од надвор е ризик. Иако Луис има силно познавање на продуктите кои Теско ги продава, тој нема директно искуство во малопродажбата- нешто за што и самиот си прави шеги на своја сметка. “ Она што е интересно е дека никогаш во животот не сум водел продавница“, вели тој во интервју за The Standard.
Оптимист
Да се биде на чело на FMCG (fast moving consumer goods – производи за широка потрошувачка) компанија е несомнено поразлично од тоа да се води малопродажба. „Мислам дека не треба да се очекува од мене да излезам јавно и да се изјаснам каква ќе биде стратегијата на Теско. Ова е динамичен бизнис и јас би сакал добро да ги обмислиме промените пред да зборуваме за нив“, изјави Луис. Тој додаде дека стратегијата постојано се развива, а дискусиите околу тоа ќе ги задржи меѓу него и менаџментот. Дејв Луис е оптимист за иднината на Теско. „Ова е време да се обединиме како тим на Теско со целосен фокус кон клиентите“, им порача тој во електронска порака на вработените. nnn
www.kapital.mk
Капитал број 798 13.02.2015
38
Политика
пишува:
фото: www.tetovasot.com
О Максим Ристески
maksim.risteski@kapital.mk
Од јавниот почеток на проектот на опозицијата предводена од СДСМ, наречен „Вистината за Македонија“, а начнат во понеделникот, со сигурност може да се заклучат неколку работи. Во Македонија масовно се прислушувало, и секој можел да биде жртва, дури и ако е вицепремиер или лидер на клучниот коалициски партнер во Владата (според досега објавеното од таканаречената бомба). Она што остана непознато е со какво експлозивно полнење е бомбата, зашто содржината на првообјавеното повеќе е забавна за народот. Секако, масовноста на прислушувањето (лидерот на СДСМ, Зоран Заев, зборува за над 20.000 граѓани) е сама по себе голем проблем, и обвинувајќи дека тоа било правено незаконски, СДСМ во вторникот поднесе кривични пријави против директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, раководителот на Петта управа во Министерството за внатрешни работи, Горан Груевски, и неименувани вработени во УБК. Остана нејасно и дали СДСМ има докази за вината на оние кои ги обвинува, или се повикува на логиката која на прес-конференцијата ја изнесе Заев, велејќи дека „вакво масовно прислушување можат да спроведат само домашните државни служби“. Најитното прашање што бара одговор во ситуацијата е - како ќе реагираат надлежните институции? Ова е за нив ултимативен тест на функционалноста - топката е многу високо крената со случајот „Пуч“, а Заев кој како „четвртоосомничен во исклучително сериозниот предмет заедно со уште пет лица се товари за исклучително тешки дела“ (од изјава на помошникот-министер на МВР, Иво Котевски), обвинува
Капитал анализира
Сценаријата во кои влегува Македонија по првата "бомба" Без да ја потценуваат бомбастичноста на објавата за масовноста на прислушувањето, аналитичарите се едногласни дека приличната бенигност на содржината на прислушуваните разговори што ги објави лидерот на СДСМ, Зоран Заев, најверојатно значи притисок дозиран за да се остави простор за компромис, со потенцијал ако се одложува да биде поболен за другата страна. Првата можност за обнова на преговорите се отвора следната недела, со доаѓањето на Јоханес Хан во Македонија
дека „само ова (што го објави) доволно кажува кој снимал и прислушувал“ (виза ви она за што тој се товари во случајот „Пуч“). „Осомничениот има слобода во своја одбрана да каже што сака, но се разбира, тоа ќе треба и да го докаже“, одговорија од МВР на пресконференцијата на лидерот на СДСМ. Второто и клучно прашање, кое зависи и од тоа како ќе реагираат институциите, е што ќе се случува понатаму? Каде водат потезите што ги влечат власта и опозицијата? До некој компромис поболен за оној кој има послаби средства за притисок (во преговарањето, кое и не мора да се случи
јавно, па, дури ниту под форма на преговарање), или ќе се комплицира до точка кога ќе излезе од контрола, односно ќе влезе во еден хаос од кој ќе се заканат и најцрни сценарија за Македонија?
Предвремени избори се неминовни
За прашањето каква ќе биде институционалната реакција на она што лидерот на СДСМ, Зоран Заев, го објави на понеделничката прес-конференција, кај аналитичарите нема сомнеж дека евентуалните правни дејства институциите ќе ги преземаат според политички проценки. „Кривичната пријава на
СДСМ Јавното обвинителство може да ја отфрли или да ја прифати. И во едниот, и во другиот случај, ќе се работи за завршница, но, секако, сите случаи што ќе произлезат ќе имаат и многу политика во нив. Видот на институционалната завршница ќе зависи од тоа како ќе се одвиваат работите наредните недели - што ќе ни биде приложено како на јавност, со кој интензитет, и мислам дека во нашето партизирано општество ваквите моменти се многу важни. Зашто луѓето може брзо да се репозиционираат“, вели политичкиот аналитичар, Алберт Муслиу. Аналитичарот Петар Арсовски,
www.kapital.mk
Капитал број 798 13.02.2015
39 смета дека институциите, вклучително Јавното обвинителство и судот, нема да се занимаваат со материјалите објавени од Заев, додека траат почнатите процесни дејства под името „Пуч“. „Каква ќе биде конечната реакција на институциите зависи од тоа колкав е квалитетот на материјалите, во смисла, дали таму има ексклузивни докази за некакви прекршувања на законот. Ова што го видовме во понеделникот индицира дека се слушани луѓе од јавниот живот, но, во содржината на материјалите на видовме ништо за што Обвинителството треба да реагира. Освен за самиот факт дека е вршено масовно прислушување. Сега треба да почекаме да се види дали во некои нови продолженија, какви што најави опозицијата, новите објавени материјали би ги ставиле државните институции „на ражен“ со самата своја содржина“, вели Арсовски. Професорот Јове Кекеновски, пак, не верува во институциите на системот, а се надева на подигање на јавната свест и совест на граѓаните. „Доколку не реагираат институциите, граѓаните ќе мора да извршат максимален притисок. Јасно е дека јавното мислење е поважно од институциите во ваква ситуација, зашто институциите се нефункционални, партизирани, значи пристрасни, и што побрзо кај некои од нив проработи чувството за државност, за професионалност, за патриотизам, ќе биде подобро за сите нас“, смета Кекеновски. Што се однесува до прогнозите за крајниот исход од ситуацијата, што може да се направат според она што досега е објавено, и воопшто познато, аналитичарите во првата објава на Заев гледаат средство да се изврши притисок врз власта, но, не таков што не би оставил простор за решавање на политичката криза преку преговори со европско посредништво, какви што може да се очекуваат со посетата на еврокомесарот за преговори за проширување и соседство, Јоханес Хан, кој на 16-ти месецов доаѓа во Македонија. Алберт Муслиу смета дека и другата страна, Владата, калкулира, заклучувајќи според молчењето на премиерот и на министрите по објавата на Заев. Дури и реакциите на
Центарот за комуникација на ВМРО-ДПМНЕ се прилично генерализирани, смета аналитичарот. „Двете страни прават калкулации - едната колку што може повеќе да извлече од ситуацијата без самата премногу да се изложи, а другата како да преживее со што помала штета за себе. Од предвремени избори бегање нема, а не верувам дека и ВМРО-ДПМНЕ би одела на избори на кои СДСМ не би учествувале, зашто таквите избори би биле целосно делегитимирани. СДСМ не би се вратиле во Собранието и не би се откажале од барањето техничка влада под каков и да е притисок на меѓународниот фактор, освен ако Парламентот им остане последно засолниште доколку при одреден развој на ситуацијата имаат проблем со понатамошното објавување. Секако, договор е можен. Дали владата што ќе ги организира предвремените избори ќе се вика техничка, е само терминолошко прашање. За СДСМ неприватливи се избори што би ги организирала актуелната гарнитура на власт. Тие би барале изборите да ги организираат луѓе кои се во јавноста прифатени како професионалци, и како неутрални“, смета Муслиу. Според него, двете страни засега внимаваат да не ја раскрварат ситуацијата толку што враќањето назад нема да биде можно, но, уверен е дека и во вака дозираната битка политички жртви секако ќе има. И Петар Арсовски смета дека Заев засега внимава да не изнесе некои податоци што може да ја ескалираат целата ситуација. „Можно е да следува нова рунда преговори или некаква мировна конференција, зашто објавувањето материјали од масовно прислушкување е непријатна ситуација за Груевски, но, и за Заев. Секој од нас може да бил слушан во приватни разговори каде што е изложена неговата интима и масовното објавување прави нeкаква масовна хистерија - лут сум му на тој што ме слушал, но, и на тој што ме објавил. Калкулирањето за Заев се должи на два моменти: внимателноста во објавувањето, и можеби очекување дека ситуацијата сепак нема да ескалира во некој несакан правец, па, да се распукаме со сите оружја, туку дека можеби ќе има нови преговори. Мислам дека тоа
Јове Кекеновски универзитетски професор
Н
е ја исклучувам можноста ваквата стратегија на опозицијата да значи оставање простор сепак да дојде до некој договор, но, ако така изигра СДСМ, тоа ќе биде на негова штета. Тоа би пордазбирало Заев да не оди докрај со откривањето на доказите, а за возврат од другата страна да се одговори со подготвеност за договор за она за што претходно не можеле да се договорат.
Албер Муслиу политички аналитичар
Д
оговор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е можен. Дали владата што ќе ги организира предвремените избори ќе се вика техничка, е само терминолошко прашање. За СДСМ неприватливи се избори што би ги организирала актуелната гарнитура на власт. Не верувам дека и ВМРО-ДПМНЕ би одела на избори на кои СДСМ не би учествувале, зашто таквите избори би биле целосно делегитимирани.
Петар Арсовски политички аналитичар
М
ислам дека тоа што Јоханес Хан ја задржа својата посета укажува на вакво можно сценарио дека постои некаков простор за политички договор, зашто не верувам дека Хан би дошол овде без да се сретне со двајцата, односно, без да покаже некаков политички напредок. што Јоханес Хан ја задржа својата посета укажува на такво можно сценарио - дека постои некаков простор за политички договор, зашто не верувам дека Хан би дошол овде без да се сретне со двајцата, односно, без да покаже некаков политички напредок“, вели Арсовски. И професорот Јове Кекеновски смета дека Заев калкулира, со тоа што, неговото објаснување за ваквата поставеност на лидерот на СДСМ остава простор и тоа да се должи на стравувања кај опозицијата како објавувањето на почувствителни материјали би поминало во актуелниот политички амбиент во земјата. „Заев игра на картата да ја увери јавноста дека навистина масовно се прислушува, и оди етапно, како што и најави,
дека понатму ќе објават други делови, каде што има сериозни кривични дела. Јас доколку бев на негово место, веднаш ќе ги објавев најтешките материјали. Немаше да калкулирам. Но, очигледно опозицијата има друга стратегија - уплашени се од пристрасноста на медиумите“, вели професорот. Според него, не треба да се исклучи можноста внимателниот пристап на СДСМ да значи оставање простор сепак да дојде до некој договор, но, ако така изигра СДСМ, смета Кекеновски, тоа би било на негова штета, зашто би подrазбирало Заев да не оди докрај со откривањето на доказите, а за возврат од другата страна да се одговори со подготвеност за договор за она за што претходно не можеле да се договорат. nnn
Капитал број 798 13.02.2015
40
www.kapital.mk
политика
Откако Македонија го ослободи Вранишковски
СПЦ да покаже дека искрено САКА решение со обновувАЊЕ НА сослужувањето со МПЦ Посредникот во спорот СПЦ-МПЦ, Руската православна црква, би се заложила за автокефалност на МПЦ ако не постоеја барањата за истиот статус од страна на нејзините автономни цркви. Во вакви околности најдарежлив руски предлог може да биде само веќе познатиот - одредница за статусот на црквата што не би ги содржела грчки термини, но, ако ова и се прифати, дури и така што МПЦ во преговорите би издејствувала де факто автокефалност и би го задржала името, тоа не може да биде трајно решение. А потрагата по решение кое би било за доброто на црквата, надвор од нецрковниот дел од политиката, би морало да оди преку прифаќање на СПЦ да го обнови литургиското сослужување со МПЦ прекинато во 1967 година, кое, ако сака, може да го објасни и со педагошки причини. Сепак, предмет на спорот не е дали МПЦ е православна црква, туку дали ќе биде призната како автокефална
www.kapital.mk
Капитал број 798 13.02.2015
41
с пишува:
Максим Ристески
maksim.risteski@kapital.mk
Со формирање комисија за преговори и со дефинирање на рамката во која истите може да се движат, Синодот на Македонската православна црква ќе почне да се подготвува за обновување на преговорите со Српската православна црква, откако по ослободувањето на поглаварот на во Македонија непризнаената Православна охридска архиепископија, Јован Вранишковски, се отстрани причината за застој на преговорите за решавање на статусот на МПЦ. „Набргу ќе имаме синодска седница на која ќе се одреди комисија за преговори, и, секако, ќе се дефинира широчината на рамката во која сме подготвени да се движиме“, изјави за „Капитал“ извор од Синодот на МПЦ, кој смета дека до Велигден (годинава на 12 април) не треба да се очекуваат какви и да се заеднички (со црковен Белград) активности на овој план, или барем не официјални. Што се однесува на македонската рамка за преговорите, во неа нема да се остави простор за друго име на црквата – „во Синодот на МПЦ моментално нема ниту еден архиереј кој е подготвен да направи компромис со името Македонска православна црква“, вели нашиот извор. Во прилог потсетува дека „Цариград (вселенската патријаршија) ни има понудено автокефалност, откако претходно две години би прифатиле да
Бачкиот епископ, Иринеј Буловиќ, има проблем со името
на државата Македонија, призната под уставното име од страна на Србија, а камо ли со името МПЦ
Митрополитот
Иларион, кој е претседател на одделот за надворешни црковни врски на Московскиот патријархат, дојде во Скопје и го направи тоа за што беше дојден – Вранишковски е на слобода
Како поглавар на
автономната ПОА во рамките на СПЦ, Јован Вранишковски го има вториот највисок ранг во хиерархијата, веднаш по патријархот Иринеј, и стои како прв од неговата десна страна
бидеме автономна црква, но, под името Охридска архиепископија“. Овој предлог, јасно е, бил одбиен. Кога е во прашање статусот на МПЦ, во Синодот се подготвени да го прифатат рускиот предлог - одредница за статусот на црквата што нема да содржи грчки термини, што значи би се користеле поими како самостојност или самоуправност. Но, така што, „како и да се нарече статусот, важно е ние во преговорите да договориме услови што ќе значат фактичка автокефалност“, вели нашиот извор, дополнувајќи дека ако оваа рамка српската страна ја одбие, тогаш повторно ќе има прекин на преговорите. „Во тој случај нашиот одговор би бил барање за обновување на литургиското сослужување (официјално прекинато од страна на СПЦ во 1967
година по прогласувањето на автокефалноста на МПЦ, н.з.). Во моментов ние не сослужуваме, а разговараме за статусот на нашата црква. Кога веќе преговараме за статусот – автокефален, автономен, или како и да се дефинира, нема логика да не сослужуваме“, вели изворот. Според него, владиците на МПЦ би покажале флексибилност (и) со прифаќањето на преговарачката маса да седнат покрај со епископите од Србија, и со оние на ПОА, со исклучок на Вранишковски, кој, по сè изгледа, барем физички ќе биде доволно далеку од преговорите. Неговото заминување на лекување во далечна Русија се толкува токму во овој правец – дека српската страна го прифатила барањето на МПЦ за кое
дознавме од одговорот (датиран со 19 септември 2014 година) што Синодот на СПЦ го испрати по писмото на македонскиот архиепископ Стефан. Во овој документ Србите пишуваат дека поглаварот на МПЦ од нив побарал (преку претставници на власта во земјава) услов за ослободување на Вранишковски да биде неговото напуштање на Македонија. Лекувањето токму во Русија, покрај сите други поблиски, и не само од оваа причина пологични локации за целта, најверојатно е стратешки потег. Јован не се одлучил за Србија, чија автономна црква е ПОА, ниту, пак, за Грција, каде што ужива не помала поддршка, за да се избегнат асоцијациите што тоа би ги отворило за српско-грчката врска, односно интереси, во целата ситуација.
www.kapital.mk
Капитал број 798 13.02.2015
42
политика
Последната богослужба одржана во Нижеполе на поглаварот на во Македонија непризнаената ПОА по неговото излегување од затвор, а пред да отпатува во Русија
Тешко до решение во равенката на сложени црковно-политички математики со многу непознати
Кога ги споменавме српско-грчките интереси, за нив во СПЦ се грижи таканаречено грчко крило, на кое му припаѓаат некои од највлијателните српски епископи, како епископот бачки, Иринеј Буловиќ, и митрополитот црногорско-приморски, Амфилохие. Првиот, како портпарол на СПЦ, го потпиша соопштението по случувањата што произлегоа од посетата на претседателот на одделот за надворешни црковни врски на Московскиот патријархат, митрополитот волоколамски, Иларион, на Скопје, во кое од никаква причина што би била црковно поврзана со спорот со МПЦ, Македонија е наречена „БЈР Македонија“ (иако Србија ни ја има признато државата под уставното име). На посредникот во спорот, Руската православна црква, чија дипломатска мисија директно доведе до ослободување на Вранишковски,
името Македонска православна црква, секако, не и е проблем. Но, „не верувам дека Москва ќе може да направи нешто без согласност на Цариград“, вели нашиот соговорник од Синодот на МПЦ. Овде веќе навлегуваме во зона на многу сложени математики, со многу непознати, кои се поврзани со односите меѓу помесните православни цркви (особено меѓу грчкиот и словенскиот, односно, рускиот блок цркви), но, и со надворешната политика на одредени држави што можат да видат интерес во ситуацијата, како, на пример, Русија, која во конфликтот со Западот бара сојузници меѓу словенските и православни земји на Балканот. Ќе биде уметност ако Русија, односно, РПЦ како посредник, успее да најде решение од кое ќе бидат задоволни и овде, и во Белград. Песимистичката варијанта за МПЦ е ако Москва нема друга опција, освен да задоволи една од страните. Руската црква, секако, би се заложила за автокефалност на МПЦ, ако не постоеја барањата за истиот
статус од страна на нејзините автономни цркви, во прв ред, на украинската. Во овој контекст, погоре споменатиот руски предлог - одредница за статусот на црквата што нема да содржи грчки термини, би значел евентуално решение со привремен карактер, кое би оставало простор да се толкува дека ниту СПЦ дала автокефалност, ниту МПЦ прифатила автономија, а сепак (доколку рускиот предлог биде прифатен) последната и официјално би влегла во семејството православни цркви. На крајот, со Големиот сеправославен собор што во 2016 година ќе се одржи во Истанбул, на кој големата тема ќе биде прашањето на доделувањето автокефалност, односно автономија на новите цркви, и МПЦ ќе мора да добие некаков статус означен со грчки термин. Овој статус, јасно е, ќе зависи од политичките случувања на Балканот, повеќе или помалку поврзани со евроинтеграциите, кои, ако бидат поволни за Македонија (што би било преоптимистички да се очекува), така ќе се одразат и на МПЦ. nnn
СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ
20
ФЕВРУАРИ 2015
ТЕЛЕКОМУНИКАЦИИ Најдобри мобилни уреди за бизнис Избор и претставување на најдобрите уреди во контекстот. Бинзис корисниците имаат потреба од уред што ќе ги направи попродуктивни - најнапредни можности за комуникација (Exchange support), врвна тастатура (хардверска или софтверска), пристап до врвни безбесносни опции и апликации Најдобри апликации за водење бизнис Избор и претставување на најдобрите апликации што го олеснуваат водењето бизнис, поделени според софтверска платформа - iOS, Android, Windows Phone Како мобилната технологија го револуционеризира малиот бизнис Во Америка AT&T и Small Business & Entrepreneurship Council секоја година прават конференција фокусирана на мобилната технологија. Податоците се дека самртфоните и таблетите им заштедуваат по 2 милијарди долари на сопствениците на бизнис секоја година; мнозинството бизнисмени кои употребуваат апликации за зголемување на продуктивноста заштедуваат по 6.000 долари секоја година. Повеќе информации во врска со прилогот и за претставување во истиот можете да добиете на е-маил gordana.mihajlovska@kapital.mk или на телефонскиот број 023298111
ЛИЦE ЗА КОНТАКТ:
ГОРДАНА МИХАЈЛОВСКА
1. Zagreb, 2014
3. Saraevo, 2014
4. Belgrad, 2015 hotel Crown Plaza 26. - 27. mart
Поврзуваме бизнисмени, медиуми, информации и можности во повеќе од 6 држави
5. Skopje, 2015
hotel Aleksandar Palace 18 -19. juni
2. Budva, 2014
Prijateli na Biznis Plus:
6. Istanbul, esen 2015
Повеќе на регионалниот деловен портал www.biznis-plus.com
Капитал број 798 13.02.2015
44
www.kapital.mk
свет Бизнис и Политика
Победата на Ципрас ја мобилизира левицата
Борба против мерките на штедење на Меркел
Изборната победа на Алексис Ципрас во Грција доведе до едно непредвидливо движење низ земјите-должнички од еврозоната. Во Португалија, Шпанија, Ирска и Кипар, се создаде отпор против политиката на штедење на Меркел
www.kapital.mk
Капитал број 798 13.02.2015
45 Португалија Состојба по усвоените мерки на штедење: Португалија ја напушти програмата за спас на европската валута во мај минатата година. Меѓународните кредитори познати како „Тројката“, меѓу кои Европската комисија, Европската Централна Банка и Меѓународниот монетарен фонд, редовно го контролираат економскиот раст и развој на земјата. Тоа ќе заврши само доколку владата во Лисабон врати 75% од своите долгови. Иако Португалија се обидува порано да ги врати кредитите, сепак отплатата може да потрае до 2026 година. Што по победата на Сириза? Победата на грчка Сириза во Португалија донесе надеж. Иако есента Португалците избраа нова влада, сепак незадоволството кај народот и натаму расте. Речиси два милиони луѓе живеат на работ на сиромаштијата, додека невработеноста кај младите во декември достигна високи 34,5%. Веќе една година, резултатите од анкетите на двете најголеми политички партии во земјата покажуваат стабилност. Конзерватниот шеф на владата во Лисабон, Пасос Коељо, како и неговиот жесток критичар, социјалдемократот Ривале Антонио Коста, важат за умерени политичари. Поради недостигот на харизматичен водач на расцепканите комунистички партии во Португалија, не успеа обидот за мобилизација на народот против поранешната министерка за финансии, Мануела Фереира Леите, која ги подржа реформите на „Тројката“.
Ирска Состојба по усвоените мерки на штедење: Ирска ја напушти програмата за спас на европската валута во декември 2013 година, додека последната рата од помошта беше исплатена во март 2014. Слично како и Португалија, и владата во Даблин до 2031 година треба да врати 75 %од финансиската „инјекција“. Што по победата на Сириза? Претседателот на ирската „Шин Фејн“, Гери Адамс, за време на изборната битка во Грција беше најголемиот подржувач на Сириза, на неколку наврати
Португалија
телефонирајќи му на Ципрас. Како и грчката и левица, така и „Шин Фејн“ бара одржување на европска должничка конференција, на која ќе се разговара за отпишување на долговите на земјите од еврозоната. Анкетата спроведена во средината на јануари покажа дека „Шин Фејн“ има 20 отсто подршка, иако тоа е за четири проценти помалку отколку минатото лето. До идните парламентарни избори во Ирска има уште една година, доволно време да се мобилизираат сите „поборници“ против мерките на штедење.
Шпанија Состојба по усвоени мерки на штедење: Во јули 2012 година Шпанија доби 100 милјарди евра помош од Европската унија. Од неа, владата во Мадрид искористи само 41%, а веќе во јануари минатата година беше напуштена програмата за спас на европската валута. Исто така, Шпанија ќе го отпочне периодот на отплата на долгот, вклучувајќи и контрола врз
Ирска Шпанија
економскиот раст и развој од страна на „Тројката“. Што по победата на Сириза: Историската победа на Ципрас имаше големо влијание во Шпанија. Во Мадрид, левичарската Подемос го организира Маршот за промени, на кој десетици илјади граѓани маршираа со плакатите „Тик-так, тик-так, промените се тука“. Целта на Подемос е да победи на идните парламентарни избори, кои ќе се одржат во ноември оваа година. Неофицијалните резултати од анкетите ја сместуваат шпанската левица пред Народната партија на премиерот Маријано Рахој, односно пред социјалистите. Дневниот весник „Ел Паис“ изезе со своја анкета, чии резултати покажуваат 27,7% подршка за Подемос.
Кипар Состојба по усовените мерки на штедење: Финансискиот пакет за спас на Кипар беше усвоен во мај 2013 година, во висина од 10 милјарди евра.
Во овој момент, владата во Никозија и „Тројката“ жестоко дебатираат околу новиот Закон за запленување на хипотеките, на кој што жестоко се противи кипарскиот парламент. Што по победата на Сириза: Популарноста на Ципрас во Кипар може да се спореди со онаа на претседателот на владејачката партија, Никос Анстасиадис. Првата посета на новиот грчки премиер беше токму во Никозија, каде се повеќе расте отпорот против мерките на штедење. Анастасиадис побара укинување на „Тројката“, додека комунистите сакаат да се повтораат преговорите за финансиска помош од Европската Унија. Се чини дека усвоените реформи во оваа островска земја функционираат. Економијата бележи раст, а невработеноста постепено опаѓа. Но, поради се поголемиот отпор против „Тројката“ и блокирањето на реформите во парламентот, економскиот раст на земјата е повторно загрозен. nnn
www.kapital.mk
Капитал број 798 13.02.2015
46
здравје
17 милиони луѓе годишно умираат од срцеви заболувања
срцев удар
Како да се заштитите?
В
Во многу филмови, кога дејствието достигнува кулминација, главниот јунак во состојба на голем стрес станува, со рацете ги фаќа градите, крикнува и паѓа на подот, по правило буткајќи сè пред себе. И сите ќе кажат дека главниот лик добил „срцев удар”. Овој т.н “холивудски срцев удар” е претставата што обичните граѓани ја имаат за тоа како почнува и како изгледа срцевиот удар. Меѓутоа, честопати во вистинскиот живот тоа не е секогаш така. Д-р Оливер Бушљетиќ –интервентен кардиолог од Клиничката болница „Аџибадем Систина“, вели дека честопати во вистинскиот живот,
Кои се можните причини за болка во градите? Кои се првите знаци за срцев удар? Ова се прашањата кои веројатно секогаш ви поминуваат низ глава кога ќе почувствувате било каква нелагодност, тегоби или болка во пределот на срцето. Со цел да ги решите дилемите, Капитал разговараше со најдобрите лекари од областа на кардиологијата и побара совети како да ги избегнете срцевите заболувања и срцевиот удар, кој е причина број еден за смртност во Македонија и во светот.
водени од оваа слика, не ги препознаваме првите знаци на срцевиот удар и не реагираме соодветно, со што влијаеме на сериозните последици кои ги носи овој најтежок облик на коронарна артериска болест. Оттука, сериозноста со која треба да се пристапи на сите знаци и промени кои се случуваат во нашето тело ја потврдува и за жал поразителната статистика, која покажува дека речиси 60% од смртните случаи во Македонија се од срцев удар и срцеви заболувања. Гледано на глобално ниво, пак, податоците на Светска здравствена организација покажуваат дека 17 милиони
луѓе умираат од срцеви заболувања, односно секој трет смртен случај е предизвикан од некое срцево заболување. Со цел да ја подигнеме свеста кај граѓаните за редовни кардиолошки прегледи, но и да понудиме совети за тоа како да избегнете срцев удар, Капитал разговараше со врвните доктори во оваа област кои дадоа одговор на најчесто поставуваните прашања за тоа како да се заштитите и останете здрави.
Kои се можните причини за болка во градите ?
„Еден од најчестите симптоми заради кои пациентите се
јавуваат во лекарските ординации е болката во градите. Меѓутоа не е секоја болка во градите последица на срцево заболување, често пати се работи и за банални сигнали кои не се поврзани со срцето. Поради тоа е потребно пациентите да знаат дека постојат голем број на други заболувања кои даваат симптом во вид на болка во градите. Болката која најверојатно не е срцева е јасно локализирана, остра, по тип на пробод, краткотрајна и обично пациентите ја покажуваат со прст. Но, доколку имате силна стеглива болка во градите или чувствувате притисок позади градната коска со
www.kapital.mk
Капитал број 798 13.02.2015
47 9 ПРИЧИНИ ДА ПОСЕТИТЕ КАРДИОЛОГ
Препорака од 1. вашиот доктор доколку вашиот матичен доктор ви
рече дека треба да посетите кардиолог, направете го тоа. Не одложувајте го прегледот!
Болки во пределот 2.постои на срцето голема листа на болести
кои можат да дадат болки во градите и пределот на срцето. Не се обидувајте самостојно да ги толкувате. Едноставно посетете кардиолог!
3.
Семејна историја
доколку некој член од вашето семејство некогаш имал проблеми со срцето, тогаш треба да внимавате, бидејќи и вие можеби имате предиспозиција кон одредени срцеви болести. Затоа, најдобро е да се консултирате со кардиолог!
Висок вкупен холестерол 4. колку повисок вкупен холестерол имате (над 6,0 mmol/l), толку се поголеми ризиците од срцево заболување. При зголемено ниво на холестерол консултирајте кардиолог.
5.
Висок крвен притисок
имате висок крвен притисок или вредностите на систолниот или времетраење подолго од пет минути кое не се смирува со одмор веднаш побарајте лекарска помош“, објаснува за Капитал, др. Лидија Паланова, специјалист по интерна медицина од Првата приватна општа болница „Ремедика“.
Кои се првите и најчести знаци за срцев удар?
Срцевиот удар може да се манифестира многу различно, но, сепак, вели д-р Бушљетиќ –интервентен кардиолог од Клиничката болница „Аџибадем Систина, најчести симптоми и знаци се следниве: XX Тегоби и чувство на нелагодност во градите, манифестирани како градна болка, притисок, стегање, тежина и сл. во градите. Тегобите се чувствуваат најчесто во пределот на градната коска и најчесто не се чувствуваат во една точка туку во поширока регија на предниот ѕид на градниот кош;
дијастолниот притисок се повисоки од нормалното(120/80). Посетете кардиолог за корекција на покачениот крвен притисок и проверка на ризикот за вашето срце.
Доколку сте или 6. некогаш сте биле пушач пушењето е голем ризик фактор за срцево заболување. Така се намалува дотокот на кислород во крвта и се зголемува крвниот притисок, срцевиот ритам, ризикот од згрутчување на крвта, како и оштетувањата на клетките на ѕидовите на артериите.
Дијабетичари 7. за жал и дијабетесот може да доведе до заболувања на срцето и крвните
садови. Доколку сте дијабетичар редовно треба да посетувате кардиолог.
Тешка бременост, 8. прееклампсија прееклампсијата е најчесто скриен ризик
на срцево заболување. Ризикот за жената да страда од некое срцево заболување е двојно поголем во текот на бременоста или во пост-менопаузалниот период.
9. вие сте на возраст над 40 години и
Почнувате нова програма за вежбање
започнувате со нова програма за вежбање. Задолжително е да се консултирате со кардиолог во врска со вежбите кои планирате да ги правите.
XX Нелагодност во други делови од телото како болка и стегање во рамењата, грбот, во левото рамо, но понекогаш и во десното рамо, во горниот дел од стомакот, во вратот и долната вилица XX Отежнато дишење, односно чувство на недостиг на воздух XX Мачнина, гадење, нагони за повраќање XX Општа слабост и малаксаност XX Препотување со ладна пот XX Забрзана срцева работа, но може да се јави и забавена или неправилна срцева работа, односно аритмија XX Крвниот притисок е обично покачен, а поретко тој е низок, дури и немерлив
Што да се направи?
Доколку почувствувате дека имате дел од погоренаведените симптоми, тогаш советуваат докторите да се јавите на лекар, односно да направите кардиолошки преглед. Кардиолошкиот
преглед се одредува според возраста, моменталната здравствена состојба на пациентот. Најчесто тука спаѓаат електрокардиограм (ЕКГ), ехо на срце и стрес тест", вели Д-р Жарко Христовски, интервентен кардиолог од Клиничката болница „Аџибадем Систина“. Електрокардиограм (ЕКГ) претставува графички приказ на работата на срцето. Со читање на електрокардиограмот се одредува срцевата фреквенција, ритам, а исто така се дијагностицираат оштетувања на коморите како хипертрофија или инфаркт на миокардот. Исто така со ЕКГ може да се забележи фреквенцијата на работата на срцето т.е. дали срцето има нормален, забрзан, забавен или неправилен ритам. Ехото на срце: ги открива структурните, морфолошки промени на срцето. Со оваа дијагностичка постапка се гледаат димензиите на срцето и срцевите шуплини, структурата на срцето,
градбата и функцијата на залистоците. Ехото на срце е само едно од испитувањата кои треба да се направат за да бидеме сигурни при изложување на физички напор. Ехото на срце не ги покажува сите заболувања, тука е значајно и обичното ЕКГ во мир, стрес тест, контрола на крвниот притисок. Доколку најдеме нешто сомнително пациентот се испраќа и на дополнителни испитувања. Тест на оптоварување: или стрес тест е значајна дијагностичка постапка за процена на состојбата на крвните садови на срцето, за функционалната способност на кардиоваскуларниот систем, за проценка на ритамот на срцето и за движењето на крвниот притисок за време на оптоварување. Се изведува на подвижна лента или статичен велосипед, каде се проценува како работи срцето при напор.
Холтер- што е тоа и за што служи?
Во секојдневната пракса холтер- ЕКГ мониторинг е една од најчесто изведуваните дијагностички процедури во кардиолошките ординации, објаснува Д-р Лидија Паланова, специјалист по интерна медицина од Првата приватна општа болница „Ремедика“. Холтер-ЕКГ е дијагностичка процедура при што се врши 24-часовно континуирано регистрирање на ЕКГ при вршење на сите вообичаени активности на пациентот. Самата процедура е неинвазивна, комотна бидејќи пациентот за време на иследувањето не е ограничен во своите вообичаени активности, a постои и можност за повторување на процедурата во кус временски рок. Апаратот преку кабли е поврзан со самолепливи електроди кои се аплицирани на градниот кош – вкупно седум. Самиот апарат регистрира три ЕКГ канали кои најчесто се анализираат. Добиениот ЕКГ запис преку флеш мемориска картица се префрлува на хард диск на компјутерот за понатамошна анализа. Како главна индикација за спроведување на оваа дијагностичка процедура се појавата на пореметување на срцевиот ритам, нејасни колапсни состојби, како
www.kapital.mk
Капитал број 798 13.02.2015
48
здравје
д-р Лидија Паланова
специјалист по интерна медицина од Првата приватна општа болница „Ремедика“:
П
оради големиот број на состојби кои можат да дадат симптом во вид на болка во градите потреби се одредени дијагностички испитувања со цел да се дојде до вистинската дијагноза. Лекарите многу често со добро земената анамнеза се ориентираат дали се работи за болка во градите како резултат на срцево заболување. Доколку имате силна стеглива болка во градите или чувствувате притисок позади градната коска кои траат повеќе од десетина минути и не се смируваат со одмор веднаш побарајте лекарска помош. и пациенти со пристапи на градна болка кај кои не е можно да се изведе коронарниот стрес тест. При анализа на добиените податоци добиваме увид за основниот ритам на срцето, промените во срцевата фреквенција, постоење на ектопична активност, (екстрасистоли), паузи во спроводливоста,( срцеви блокови), Ку-Т интервалот како и постоење на СТ сегмент – денивелација.
Што е Холтер за притисок? Дијагностичка процедура при која што се врши 24- часовно мерење на артерискиот крвен притисок при што пациентот си ги извршува нормално секојдневните активности. Се изведува на тој начин што на пaциентот околу појасот му се монтира апаратчето кое е во големина на еден мобилен телефон и истото се поврзува со манжетна која се става на надлактицата на пациентот. Самиот апарат компјутерски
д-р Оливер Бушљетиќ
интервентен кардиолог од Клиничката болница „Аџибадем Систина“
С
рцевиот удар и покрај интервентните процедури кои ја намалуваат смртноста, сè уште претставува значаен медицински проблем. Затоа е важна превенцијата на коронарната артериска болест, редовна кардиолошка контрола со одредување на личните ризик фактори и нивно правилно регулирање. Истовремено значајна улога има и едукацијата на пациентите за тоа што претставува срцевиот удар, како и едукацијата за правилно и правовремено препознавање на првите симптоми! е програмиран да на секои половина час го мери артерискиот крвен притисок и пулсот, а добиените вредности потоа компјутерски се обработуваат и анализираат при што се добива графички приказ на добиените вредности. Од направената анализа добиваме увид во дневно-ноќните варијации на артерискиот крвен притисок, пулсот, средната вредност на артерискиот крвен притисок. Во повеќе земји во светот оваа
дијагноистичка процедура е рутинска во поставувањето на дијагнозата на болеста хипертензија. Кај нас исто така најчеста индикација е дијагностицирање на самата болест, при што се избегнува феноменот на бел мантил (скок на артерискиот крвен притисок во лекарските ординации), нергулирана артериска хипертензија, како и целисходноста на дадената антихипертензивна терапија. nnn
Кардиопирин® 100 mg, еднаш дневно, превенира бројни кардиоваскуларни болести. Го намалува ризикот од инфаркт на миокардот. Го минимизира ризикот од појава на мозочен удар и на васкуларна тромбоза. Таблетите Кардиопирин се гастрорезистентни таблети и ја штитат слузокожата на желудникот.
Пред употреба внимателно да се прочита упатството! За индикациите, ризикот од употребата и несаканите дејства на лекот, обратете се кај Вашиот лекар или фармацевт.
www.kapital.mk
Капитал број 798 13.02.2015
50
здравје
БОЛКА ВО ГРАДИ Kои се можните причини за болка во градите ?
пишува:
E
д-р Лидија Паланова Спец.по интерна медицина РЕМЕДИКА
Еден од најчестите симптоми заради кои пациентите се јавуваат во лекарските ординации е болката во градите. Ја опишуваат на најразлични начини почнувајќи од нелагодност во градниот кош, чувство на притисок позади градната коска, печење, остра болка во вид на пробод па се до стеглива градна болка која не им дава да дишат. Болката сама по себе носи вознемиреност бидејќи пациентите секогаш ја поврзуваат со срцево заболување. Меѓутоа не е секоја болка во градите последица на срцево заболување, често пати се работи и за банални сигнали кои не се поврзани со срцето. Поради тоа е потребно пациентите да знаат дека постојат голем број на други заболувања кои даваат симптом во вид на болка во градите. Болката која најверојатно не е срцева е јасно локализирана, остра, по тип на пробод, краткотрајна и обично пациентите ја покажуваат со прст. Но доколку имате силна стеглива болка во градите или чувствувате притисок позади градната коска со времетраење подолго од пет минути кое не се смирува со одмор веднаш побарајте лекарска помош !!!
Од страна на срцето најчести причини за појава на градна болка се : XX Ангина пекторис - Болката се јавува при возбуда и во напор, трае не пократко од две минути и не подолго од дваесет минути. По локализација најчесто се јавува позади градната коска , а може да се шири кон долната вилица, вратот, рацете и во грбот. Најчесто се смирува со одмор, спонтано, или со земање на таблета Нитроглицерин XX Миокарден инфаркт (срцев удар) – Болката најчесто е независна од физичката активност, се јавува нагло во виде на стегање и е со силен интензитет. Локализирана е во централниот дел на градиот кош, често е пратена со гушење и облевање со ладна пот, поретко со мачнина. Може да се шири кон долната вилица, вратот, рамениот појас и подлактиците. Вообичаено не се смирува спонтано и не реагира на нитроглицерин. XX Акутен перикардитис – Болката многу личи на срцев удар, но се јавува обично кај помлади особи, трае повеќе денови, по интензитет е силна и остра, а се појачува лежење, кашлица или длабоко вдишување. XX Дисекција на аорта – Болката е многу силна, се јавува нагло може да се шири во грбот, доведува до вознемиреност, срцебиење, препотување па се до губиток на свест. XX Пролапс на митралната валвула – Болката е неспецифична, се јавува најчесто во мир и е краткотрајна. Болка во градите може да се јави и при постоење на патолошки состојби во други органи во градниот кош и стомачната празнина. Најчесто се работи за заболувања на белите дробови (белодробна емболија, воспаление на белите дробови, спонтан пневмоторакс) заболувања на дигестивниот систем (воспаление на хранопроводот, улкусна болест, или перфорација на шуплив орган.) Но многу често болката во гради е резултат на одредени психички состојби хроничен умор, неуреден живот, како и проблеми со мускулокоскениот систем.. Од страна на белите дробови најчести причини за појава на болка во градите се: XX Белодробна емболија – настанува поради нагол прекин на циркулацијата во главната белодробна артерија.Болката е остра, локализирана во среднина на градниот кош, пропратена со краток здив и забрзано дишење. XX Спонтан пневмоторакс – состојба при која доаѓа до продор на воздух во белодробната обвивка (плевра) при што се наголемува интраплевралниот притисок, кој нормално треба да е негативен. Болката најчесто се јавува нагло и е многу остра. XX Воспаление на белите дробови – болка се јавува доколку со воспалителниот процес е зафатена и белодробната обвивка. Болката е со неспецифична локализација, долготрајна, независна од физичката активност и е обично тапа.
Од страна на дигестивниот систем : XX Воспаление на хранопроводот – настанува како резултат на враќање на киселиот желудечен сок во хранопроводот. Болката е позади градната коска, најчесто во вид на печење, се јавува при лежење, а интензитетот и се намалува во стоечка положба. XX Улкусна болест – било да да се работи за чир на желудникот или дванаесетпалечното црево може да се јави болка во долната третина на градната коска, која може да е тапа, во вид на пешење. Најчесто се јавува на гладно а се смирува со земање на храна. XX Перфорација на вискус – се работи за перфорација на зидот на било кој шуплив орган во стомачната празнина.(најчесто е перфорација на чир на желудникот.Болката во случајов е резултат на иритација на дијафрагмата од слободниот воздух. Се јавува нагло , обично е остра и се шири кон грбот и стомакот. Од страна на неуровегетативниот систем: XX Анксиозна состојба – многу често болката во гради е резултат на одредена психичка состојба како последива на хроничен умор, неуреден живот, семејни неприлики. Во овие случаеви покрај градната болка се јавуваат и други вегетативни симптоми како што е срцебиење, појачано потење, глад за воздух, забрзано дишење, вознемиреност. Од страна на мускуло-коскен систем: XX Мегуребрени болки – обично болката е во вид на прободи кои се најчеста сензација во градите. По интензитет може да биде многу остра но е краткотрајна. Може да се јават и при непревилно или нагло движење на телото. При одмор болката се губи. XX Воспаление на ребрената рскавица: болката е во вид на притисок во средината на градната коска и е без ширење во околинта. XX Пролапс на диск на рбетен пршлен: се работи за состојба при која болката во градите е резултат наврз коренот на мегуребрените нерви од страна на пролабираниот диск. Болката е долготрајна може да се појачува при движње или кашлање. Локализирана е долж подрачјето во градниот кош кое го инервира зафатениот нерв. ЗАКЛУЧОК: Поради големиот број на состојби кои можат да дадат симптом во вид на болка во градите потреби се одредени дијагностички испитувања со цел да се дојде до вистинската дијагноза. Лекарите многу често со добро земената анамнеза се ориентираат дали се работи за болка во градите како резултат на срцево заболување. Понатаму клиничкиот преглед и ЕКГ – грамот се базичните испитувања кои треба да се направат за евалуација на состојбата и од нив зависи што понатаму ќе се превзема. Доколку имате силна стеглива болка во градите или чувствувате притисок позади градната коска кои траат повеќе од десетина минути и не се смируваат со одмор веднаш побарајте лекарска помош. nnn
www.kapital.mk
Капитал број 798 13.02.2015
52
здравје Капитал советува
Како менаџерите да се справат со стресот?
С
Сите знаеме дека живеењето под стресни услови води до сериозни физички и емоционални последици врз нас и нашето здравје. Па се поставува прашањето зошто тогаш толку многу ни е тешко да преземе акција за намалување на нивото на
стресот и за подобрување на нашиот живот? Истражувачите од Универзитетот Јеил го имаат одговорот. Тие откриле дека интензивниот стрес всушност го намалува обемот на сивата маса во мозокот одговорна за самоконтрола. Па така, како што ја губиме самоконтрола, ја губиме и својата способност да се справиме со стресот. Станува се потешко да се држиме надвор од стресни ситуации, а многу често многу од таквите ситуации си ги создаваме самите. Не е ни чудо што толку многу луѓе се вовлечени во прогресивните кругови на се поголем и поголем стрес, се
додека целосно не согорат (burning out effect.) Со оглед на тоа дека многу малку може да се направи да се избегне стресот- особено во работната околина- она што е најдобро, велат стручните лица, е да научиме како да се справуваме со него.
Што советуваат невропсихијатрите?
„Стресот кај менаџерите и раководните лица е изразен дотолку повеќе што тие се на одговорна функција на која носат одговорни одлуки. Кога стресот е присутен повеќе денови, месеци па и години, прераснува во хроничен стрес и придонесува до појава на
психосоматски болести. Доаѓа до покачување на крвен притисок, чир на желудник, тироида, односно разни нарушувања во организмот. Покачениот крвен притисок, проследен со несоодветна исхрана, пушење и пиење, кои се составен дел од бизнис
www.kapital.mk
Капитал број 798 13.02.2015
53 Менаџерскиот стрес е една од причините која може да доведе до инфаркт. Врвните светски психијатри посочуваат дека се повеќе луѓе од бизнис секторот, кои се на одговорна функција, бараат совет од невропсихолози и психијатри. Што советуваат тие? Како најдобро да се справите со стресот предизвикан од работа? климата кај нас, може да донесе и до коронарна срцева болест, па и до срцев удар“, обајснува проф. Д-р Антони Новотни од Клиниката за психијатрија во Скопје. Тој советува, задолжително во текот на денот, секој од менаџерите и раковдните лица, па дури и секој оној кој смета дека е под постојан стрес на работа, да најде време за себе. „Најдете време за релаксација, прошетка, музика, за се она што мислите дека може да ве смири. Место да седете покрај компјутер, слободното време искористете го за играње со вашите деца“, советува Новотни. Сличен е ставот и на проф. Д-р Викторија Вујовиќ, експерт во областа на психијатрија и психотерапија.
“Во секојдневието на бизнис светот во кој секој од нас тежнее да биде најдобар многумина доаѓаат до фаза на хроничен стрес. Тој се манифестира низ повеќе фази, првата фаза е фаза на ентузијазам и цел за постигнување на повисоки резултати. Но тоа само по себе создава стрес при што доаѓа до појава на еден феномен што се вика „согорување“ на работното место. Се манифестира со пад на ентузијазмот, желба за резултати, конфликтност, намалена желба за работа. Карактеристично однесување за лицата кои пак се на одговорни позиции, е тоа што тие постојано мислат на работата, легнуваат и се будат со иста мисла. Имаат
несоници, напнати се и од комуникативни личности стануваат повлечени“, објаснува проф. Д-р Вујовиќ. Ваквите личности вели Вујовиќ, сите добра кои ги заработуваат не можат да ги потрошат, зошто тие не можат да уживаат во спокојството. Оттука, советува таа, освен индивидуална работа, кај деловните луѓе доста се препорачува и тимска работа. „ Најдобро е да се намали должината на работното време- еден вработен останува на работа по 14 часа најчесто оти тој сам одлучил така. Исто така се препорачува постојано да се прават анкети и пилот истражување за тоа што е она што им треба на вработените во една фирма. Зошто, парите, не секој ги сфаќа како награда. Особено не лицата кои се на високи позиции и кои заработуваат подобро. Треба да се има предвид дека за некој награда преставува поголем број на слободни денови, породилно отсуство за таткото, итн“, вели таа. nnn
Совети за намалување на стресот 1.Останете позитивни 2.Фокус ставете на прогресот, а не на перфекцијата 3. Задолжителна грижа за самите себе и вашето здравје 4.Потпирајте се на рутините 5.Гледајте ја големата слика 6.Правете паузи 7. Направете баланс меѓу приватниот живот и работата 8. Најдете тим на кој ќе му верувате 9. Задолжителен годишен одмор 10. Обрнувајте внимание на сигналите на вашето тело
www.kapital.mk
Капитал број 798 13.02.2015
54
здравје
СО БАЈПАС ОПЕРАЦИЈА ДО ПОЗДРАВО СРЦЕ затнатиот дел на артеријата. Во зависност од бројот на стеснувања може да се направат и повеќе бајпаса.
Подготви:
Б
Проф д-р Салис Таџер
кардиохирург во Клиничка болница „Аџибадем Систина“
Бајпас операција претставува премостување на затнати крвни садови. Поради порастот на кардиоваскуларните заболувања, ова е најчесто изведувана интервенција во светот, која на пациентот му обезбедува нормално функционирање во секојдневниот живот. Болестите на кардиоваскуларниот систем се водечка причина за смртност во светот. Најчестиот ризик фактор е наследноста, понатаму следуваат дијабетесот, покачениот крвен притисок, зголемени вредности на холестерол и триглицериди, возраста и пушењето. Комбинацијата на овие ризик фактори доведува до артериосклероза во крвните садови, процес на наталожување на масни наслаги на ѕидовите на крвните садови, со што се намалува нивниот дијаметар а со тоа и проодноста. Кога овие масни наслаги ќе го намалат пресекот на крвните садови над 70 проценти, околните ткива и органи не добиваат доволно кислород и хранливи материи и се развива клиничка слика како ангина пекторис. Во вакви случаи една од алтернативите во лекувањето е раширување на коронарна артерија, (ангиопластика на коронарна артерија) со или без стент. Доколку оваа процедура не успее, или не
Минимално инванзивна бајпас операција
може да се изведе, најдобра алтернатива е класичниот бај пас. Најчести индикации за бајпас се: XX Критично стеснување на лева главна коронарна артерија XX Критично стеснување на три или повеќе артерии XX Нестабилна ангина пекторис која не реагира на другите начини на лекување XX Затнување или стеснување на веќе поставени стентови или на постоечки бајпас
Премостување на стеснети крвни садови
Бајпас операцијата овозможува да се решат проблемите со крвотокот предизвикани од зголемените наслаги (артериосклероза) во коронарните артерии. Со операцијата се зема дел од крвен сад (вена, артерија) од друг дел од телото за да се направи заобиколен пат или бајпас околу блокираниот дел на коронарната артерија. Делот крвен сад кој се употребува како бајпас, и се нарекува графт, најчесто се зема од нозете, рацете и градниот кош. Многу фактори влијаат на функцијата на графтовите. Статистички се
покажало дека артерискиот графт (arteria mamaria interna IMA) функционира најдолго. За жал, во телото на човекот има само две вакви артерии. Но имаме среќа, со комбинирање на двете може да се премостат 4 артерии, значи четири бај паса. Друга алтернатива се радијалните артерии од горните екстремитети кои, иако се артерии, временски траат помалку. Од долните екстремитети како графтови се земаат вени. Пациентите имаат подобра долгорочна прогноза поради специјалните особини на артерискиот графт (arteria mamaria interna IMA). За време на операцијата срцето се запира за да може хирургот да работи на него, а пациентот е приклучен на машина за екстракорпорална циркулација која ја презема работата на срцето и белите дробови за време на операцијата. Целта на бај пасот е да донесе голема количина на крв директно на коронарната артерија. Со тоа територијата на снадбување добива нов доток на крв. Кога срцето ќе се вклучи повторно, крвотокот се префрлува преку бајпасите заобиколувајќи го
За разлика од класичната операција каде се отвора целиот граден кош, со минимално инванзивната операција, бајпас се изведува преку мал рез најчесто на левата страна на градниот кош. Преку истиот рез се мобилизира артеријата од градниот кош која ќе служи како бајпас. На овој начин може да се направи само едно премостување на срце кое чука без машина за екстракорпорална циркулација. Клиничката болница „Аџибадем Систина“ е единствена болница во регионов каде се изведува овој тип операции на срце.
Времетраење на бајпас
Пациентот треба да знае дека бројот на направени бајпаса не укажува на тежината на болеста. Пациент кој добил четири бајпаса не е „поболен“ од пациент со еден бајпас. Тежината на кардиохируршкиот пациент се одредува според состојбата на крвните садови на срцето, работата на левата комора и други придружни болести, доколку ги има пациентот. Времетраењето на бајпасот зависи од повеќе фактори. Најважно е да се знае дека хирургот прави премостување на крвните садови, но не го спречува развојот на артериосклерозата. Бајпасот е подложен на артериосклероза со темпо од околу 3-5 проценти годишно, што значи за 10 години една третина од бајпасите се затнати. Но тоа не е случај со артерискиот бај пас кој со намалување на ризик факторите го продолжува животот на срцето. Од големо значење е пациентот по операцијата да го промени начинот на живот, а со тоа максимално да го продолжи функционирањето на бајпасот. nnn
Капитал број 798 13.02.2015
56
www.kapital.mk
нА РУЧЕК СО...
Жарко Димитриоски креативен директор во "Еден на Еден"
Ни недостасу шоу култура!
www.kapital.mk
Капитал број 798 13.02.2015
57 разговара
З
Габриела Делова
gabriela.delova@kapital.mk
Од богатото мени на Стоун Бриџ одбравме: l паста и l италијанска салата
ува
За денешниот гостин во рубриката „На ручек со...“, нема потреба од посебна најава. Преку Диме Такси од детската серија „Големи и мали“, водител на „Ексклузив“, па се до сега популарното ТВ шоу „Еден на Еден“, Жарко Димитриоски е бренд сам по себе. Тој е единствениот новинар во земјава кој вложува вистински во „ентертејмент“, им пркоси на широко распространетите турски серии и здодевната телевизиска програма, и прави сè да ни донесе шоу кое многу наликува на врвните вечерни ток шоу емиси во светот, како на Крег Фергусон, Џими Фалон, Џими Кимел и останатите А, благодарение на неговата љубов кон стенд ап комедијата, и Македонија успеа да добие ваква сцена преку неговиот проект „Балкан стенд ап“ кој стана многу популарен и успешен. Со оглед на тоа дека, веројатно секој би сакал да биде во неговите чевли, имајќи ја предвид неговата популарност и кариера на така млади години, решивме, со цел да си дадеме доза на ексклузивитет, овој текст да го започнеме со нешто што никој од нас до сега не го знаел за Жаре. Како што и сам кажува, многу малку знаат дека Жаре е роден во Тетово, каде ја поминува првата година и пол од својот живот. Уште помалку познат факт е дека на аудицијата на која што се пријавил во А1, каде потоа го гледавме како дел од популарното шоу “Ексклузив“, првично тргнал со замисла да биде водител на готварско шоу, оти токму тогаш бил голем фан на светски познатиот готвач Џејми Оливер, што пак гледано од денешна перспектива, како што вели самиот тој, би било целосна утка. Новинарството му е одлука донесена во „5 до 12“, откако македонските актери и глумци, со кои доста работел
низ годините, лично го разубедуваат од идејата да се запише на Факултетот за драмски уметности. Денешната работа, како водител на ТВ шоуто „Еден на Еден“, му дозволува да го работи тоа што отсекогаш го сакал- да глуми, режира, продуцира, но сепак Жаре не ја работи најсаканата работа во светот- да биде музичар. „Ако не би го работел ова, би бил музичар. Ќе го отворам куферчето и ќе свирам гитара на железничка. Ни маркетинг не би сакал да работам како што го сакам тоа“, ни раскажува Жаре. Сепак, вели, многу си ја сака работата, пред сè оти секој ден му е различен од претходниот. Она што го опушта е музиката, а немањето слободно време го гледа како позитивна работа.
Првата ТВ улога ми беше да мавтам
Уште на две и пол години Жаре веќе читал и пишувал, а на три години течно читал и на латиница. На таа негова возраст, мајка му, инаку лекар рендгенолог по професија, ја подготвувала својата специјализација, па во текот на денот заедно учеле, на тој начин што Жаре читал весници, додека таа ги подготвувала испитите. Затоа што бил многу напреден, уште на неполни шест години тргнал во школо. Но, по кусо време, учителката Тинка забележала дека му е здодевно, со оглед на тоа дека веќе знаел да чита и пишува, па им предложила на неговите родители да го пуштат Жаре на аудиција во детското драмско студио во МТВ. Од 1.000 пријавени деца, тој успеал да влезе во тесниот круг од 5-6 деца, но за него била одржана дополнителна аудиција, поради тоа што тој имал 6 години, а прагот за да можеш да поминеш бил 7 години најмалку. Со леснотија ја поминува и оваа специјална аудиција и станува дел од детското драмско студио на МТВ. Неколку години дружеле и учеле од тогашните врвни актери, за на девет годишна возраст да ја има првата улога на ТВ - екраните. „Прв пат се појавив на 'Здраво Генијалци', кај сегашните градоначалници Туфи и Двојче (Билјана Беличанец и Владимир Талески, н.з.). Првото телевизиско појавување ми е таму. А мојата задача беше да
седам и да мавтам. Зборуваше Билјана Беличанец (во улога на Туфи) пред мене, а јас позади неа седев и мавтав“, се сеќава Жаре. Потоа следат „Дали, како што“, радио емисиите, „Умни глави“, „Големи и мали“. А со завршувањето на основното, логично завршува и неговата ангажираност во детското драмско студио. Додека е во средно училиште,станува дел од екипата на телевизијата Спорт 4, каде коментира разни спортски натпревари. Но по неколку години се затвора оваа телевизија. Навикнат на постојана ангажираност надвор од училишните часови, по згаснувањето на телевизијата Спорт 4, се пријавува на аудиција распишана од А1 телевизија. Иако првично сакал да ја води готварско шоу, сепак, по сугестија на новинарите кои му го правеле интервјуто, започнува со емисијата „Ексклузив“ која за кратко време станува една од најгледаните емисии на телевизија. И покрај огромната популарност на емисијата, по некое време Жаре го губи ентузијазмот околу водителството. „Водењето е многу роботска работа. Не можам јас така. Требаше само да ги најавам прилозите. Без презадоволен од пари, од услови, буквално од се. Земав повеќе од било кога, ама ништо не правев. Ми стана досадно и се нервирав. Седнав со раководството и им реков дека не сакам веќе да водам „Ексклузив“. Не ме пуштија, па компромисно водев само два пати неделно, а за возврат побарав на А2 да си почнам емисија, за која гајле ми беше дали ќе биде гледана или не. Сакав да си правам нешто креативно и така тргна Еден на Еден да се емитува, како компромис, оти Жаре не сакаше да води „Ексклузив“, објаснува Жаре како почнала идејата за ТВ шоуто “Еден на Еден“.
Сакам да профункционира пазарното општество
По затворањето на А1 телевизија, се раѓа идејата за отворање на своја фирма, која денес го носи името „Еден на Еден“, а која ја работи заедно со својот брат. „ Идејата се роди буквално од помислата што ќе правам сега. Со брат ми
www.kapital.mk
Капитал број 798 13.02.2015
58
нА РУЧЕК СО...
Треба да се вложува во домашна продукција, да се финансираат квалитетни работи каде домашните брендови ќе поддржуваат домашни брендови. отсекогаш сме биле блиски, на професионален аспект сме слични со ставови и со размислувања. Буквално се прашавме самите можеме или не можеме- да направиме компанија која ќе биде рамо до рамо со многу поголеми од нас. Се согласивме дека имаме контакти, и тој и јас за време на претходните 5-6 години остваривме многу големи контакти. Не беше проблем да се најдат соработници, знаеја дека имаме што да понудиме“, вели тој. Дека проценката за такво нешто не била погрешна, се гледа од денешната популарност која ја ужива шоуто „Еден на Еден“. Од само идеја и концепт, денес неговата агенција веќе може да си дозволи да плати авионска карта и хотел за гости кои прифатиле да дојдат во емисијата, а се од странство. Меѓутоа, вели Жаре, ова не е ниту 25% од она што тој и неговиот брат го имаат како замисла. Сепак, вели тој, за тоа е потребно да профункционира пазарното општество. „Сега сме уште многу далеку од таму кај што сакаме да бидеме. Сакам да профункционира пазарно општество, каде функционира квалитет и идеја и се цени квалитет и идеја. Каде што не се бараат заднински работи, конекции и слично. Грев е максимално македонски производ како што е нашиот,
Ако се направи домашна серија, со добро сценарио, добра продукција, што ќе личи на светска серија, кој ќе гледа Карадај или Величествениот?
за кој сме се осмелиле, сме направиле приватен проект, го тераме, успешен и признат е, а не добиваме доволно простор. Со пазарно општество и пазарно функционирање, каде што се гледаат пред сè демографии, а не голи рејтинзи, поради што и има турски серии, кои носат гол рејтинг, ќе има повеќе можности да дадеме многу повеќе. Знам што може да имаме, а што и даваме на публиката. Боли кога знаеш дека можеш да им дадеш многу пати подобар проект, но имаш врзани раце“, објаснува Жаре. Треба да се вложува повеќе во домашна продукција, продолжува Жаре. Треба да се финансираат квалитетни работи каде и самите домашни брендови ќе почнат да поддржуваат домашни брендови. Така се гради продукција и така ќе дојдеме до македонска квалитетна серија, музика, емисија, толкшоу. Вака на овој начин со оваа филозофија, не може да се направи тоа, вели тој. “Едноставно нема интерес за вложување во домашна продукција, бидејќи е скапо. Потребен е поголем ентузијазам. Никој не е спремен да вложи време и труд, и секој чека на готово. Ако се направи домашна серија, со добро сценарио,добра продукција, што ќе личи на светска серија, кој ќе гледа Карадај или Величествениот?“.
На македонските музичари треба да им се поклонуваме, а не ние само ги спуштаме, им правиме сопки, ниеден успех не им го признаваме.
ЗА "Еден на Еден" „Мојата емисија зависи најмногу од гостите. Ние сценаријата ги градиме за гостинот да биде многу смешен, многу добар, многу духовит. Гостинот да е ѕвезда. Многу од македонските јавни личности не се подготвени за таква улога. Пред се оти немаат такво искуство. Еден од ретките гости подготвени на сè кај нас е Сашко Коцев. Тој знае дека од време на време треба да направи шега на негова сметка, и тој е подготвен на тоа, оти на крај на ден сите ќе речат каков ѕвер е овој Коцев. Тоа е разликата. Ни фали шоу култура. Доколку продолжи како што треба, за некои 10 години, очекувам дека ќе има здрава шоу и ентертејмент култура и во земјава. Ќе биде сосема друга приказна“, раскажува Жаре. Жаре не ги гледа турските серии, но сепак му пречат, оти, како што вели, тие го јадат просторот. “Просторот е ограничен, трае еден ден. Затоа прво треба да има сидро, а тоа е националниот сервис, а тоа го немаме. Ако има такво сидро, тогаш полесно ќе се дише. Кога ќе продуцираш многу, сигурно нешто добро ќе излезе. Не знам што треба да се жртвува, зошто тоа не го прават, но овие евтини серии носат безобразно добри профити што е грев да не се инвестира во нешто свое. Зошто да не се инвестира?
Ова мора да има крај. Не може до без крај да гледаме турски серии. Неприродно е. И Турците ќе престанат да снимаат“. Она што нему му фали на телевизиите е поддршка на македонска музика. „Многу ме нервира што македонската музика останува неподдржана. Кога не може луѓе како Влатко Стефановски, Калиопи, Каролина... да бидат богови. Треба да им се поклонуваме, а не ние само ги спуштаме, им правиме сопки, ниеден успех не им го признаваме“, вели тој. nnn