Како да почнете и да успеете во бизнис со франшизи во Македонија? Што да направите кога купувачите се “мртви ладни“ за вашата генијална идеја
број 799 | цена 100 ден. | 20 февруари, 2015 | петок | година 16
Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...
www.kapital.mk
анализа
www.kapital.mk
cover story
За три години потрошени 20 милиони евра за државни реклами и кампањи
Македонската економија со години тоне во политичка нестабилност
Во политичките битки, бизнисот е секогаш губитник!
Битраков interview Константин член на Студентски пленум Студентскиот пленум е пример како се бори за својата иднина!
4
Капитал број 799 20.02.2015
содржина КапиталНО 05Стојчевска Биљана Здравковска Кога бизнисот ќе замолчи
10 cover story
Во политичките битки, бизнисот е секогаш губитник!
18 Анализа
Македонската економија со години тоне во политичка нестабилност Како да почнете и да успеете во бизнис со франшизи во Македонија?
24 Интервју Константин Битраков член на Студентски пленум
24
Студентскиот пленум е пример како се бори за својата иднина!
28Капитал анализa
Кои државни институции и за што најмногу се рекламираат? За три години потрошени 20 милиони евра за државни реклами и кампањи
30 Интервју Барбара Опершал
извршен директор на Speech Code GmbH
Со клиентите треба да создадете емоционална врска!
28
32Луѓе и компании
Што да направите кога купувачите се “мртви ладни“ за вашата генијална идеја
34 Интервју Андрија Чолак основач на Surf ‘n’ Fries
Американците ја измислија брзата храна, а ние ќе им ја продаваме на нивни терен!
Profile 38CEO Хелге Лунд BG Group
Специјалист за нафтени компании
Турбуленции
Франшизинг
Македонската економија влегува во еден турбулентен период, атмосфера за дијалог нема, а исходот од целата ситуација според аналитичарите ќе биде од предвремени парламентарни избори, па до најцрните прогнози за загрозена безбедност на државата. Како сето тоа се одразува на бизнисот?
Mакедонските бизнисмени многу тешко се одлучуваат да донесат светска франшиза, а уште потешко да развиваат домашна. Ретко кој е спремен да вложи неколку стотици илјади евра само за носење на брендот, кој не покрива никакви трошоци за развој на самиот бизнис. Проблем плус е и строгата регулатива за франшиза со која ретко кој има искуство.
XXСтр. 10
XXСтр. 18
прилог телекомуникации Мобилната технологија во бизнисот н
Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул.Партизански одреди бр. 17-1/16 l П. ФАХ 503, 1000 Скопје l Основач и директор: Љупчо Зиков l Одговорен уредник: Биљана Здравковска Сто
www.kapital.mk
Капитал број 799 20.02.2015
38
CEO PROFILE да го забрза процесот на создавање на вредност за нашите акционери, додека испорачува бизнис-планови за нашата групација. Јас и управата сме задоволни што го назначивме Хелге на оваа функција“, пишува Гулд. Како нов извршен директор на BG Group, Лунд отвора едно ново поглавје во својата кариера, а тоа може да биде почеток на една блескава ера на самата компанија.
5
Од скромни почетоци до врвот во нафтената индустрија
ХЕЛГЕ ЛУНД BG Group
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА НАФТЕНИ КОМПАНИИ
Б
„Би сакал да му се заблагодарам на Хелге Лунд за трудот кој го вложи за време на десетгодишниот мандат во Statoil“, напиша претседателот на Statoil, Свеин Ренемо. По преземањето на контролата во Statoil на 16-ти август 2004, Лунд ја предвиде годишната дивиденда од 11,2% – 2,3 процентни поени над индустрискиот просек и раст на пазарната капитализација на компанијата од 22 до високи 59 милијарди евра.
Исто така, тој успеа да го зголеми производството на меѓународно ниво дури петкретно. Овој норвешки менаџер се прослави откако одигра важна улога во зацврстување на статусот на фирмата како една од најголемите нафтени компании во светот мерено по приходите. „Под негово ракводство, Statoil стана моќна компанија“, вели Ренемо. Како и да е, дискутабилно е што е најимпресивно од се’:дали тоа што Лунд успеа да создаде моќна компанија, или пак, тоа што во рок од 10 години стана светски лидер во енергетскиот сектор како еден од најголемите економски придонесувачи во целиот регион. Можноста да се справи со побарувачката на пазараот го направи Лунд едно е од најбараните имиња во бизнис фелата. Но,
откако беше на чело на Statoil дури четвртина од својот животен век, во октомври 2014 беше назначен за извршен директор на британскиот гигант BG Group. Само за прифаќање на понудата Лунд се стекна со 12 милиони фунти, а дополнително му е загарантирана заработувачка од 13,5 милиони фунти на годишно ниво. „Учинокот на Хелге зборува многу за него. Тој создаде светско портфолио на Statoil и денеска компанијата е широко прифатена поради бројните технички експертизи, финансиски перфоманси и вреднуваната култура“, пишува претседателот на BG Group, Ендру Гулд во својата изјава. „Хелге е идеалната фигура кој треба да ја води BG Group во една наредна фаза од нејзиниот развиток, односно
Лунд е роден далеку од Осло во 1962 година, од татко психијатар и мајка управител. Пред успешната кариера, Лунд дипломира на Норвешката школа за економија и бизнис администрација во Берген, а потоа заминува за Франција за да се стекне со диплома од престижната бизнис школа „INSEAD“. По студиите, тој се впушта во водите на политиката и бизнисконсалтингот. Најпрво работи како политички советник на парламентарната група на Норвешката конзервативна партија, а подоцна како консултант на McKinsey & Co. По успешните мандати, во 1993 тој се приклучува на фармацевтскиот производител „Hafslund Nycomed“, а подоцна на „Aker RGI Holding“. Во 2004 станува дел од Statoil, која од локалната компанија успеа да ја претвори во светски индустриски гигант. Десетгодишното искуство во Statoil може да се окарактеризира како трансформација и создавање вредноста. Фокусирајќи се на глобалното проширување, тој започнува една нова стратегиска насока на компанијата. Без страв од центрите на моќ во индустријата, Лунд за краток период успева да создаде интернационален имиџ на Statoil. Сето тоа траеше до крајот на 2006, кога компанијата поднесе бизнис предлог за заедничко делување со „Norsk Hydro“. Со овој договор вреден 30 милилјарди долари, производството на нафта и гас на новиот комбиниран субјект се зголеми на 1,9 милиони барели дневно. „Бордот на директори на Statoil и Norsk Hydro веруваат дека оваа комбинација ќе создаде една меѓународна компанија за гас и нафта од Норвешка,
прилог телекомуникации 40Специјален
10
Мобилната технологија во бизнисот не е прашање на престиж, туку сериозна заштеда на време и пари Најдобрите смартфони за бизнис корисници Полесно, побрзо, поевтино - апликации што работат за вашиот бизнис
на ручек со... Валентин 48Пепељуговски
34
адвокат и универзитетски професор
Да им дозволиме на младите да размислуваат иновативно
Помфрит стартап Ексклузивно за Капитал, приказната за вртоглавиот успех на Surf’n’Fries, најбрзо растечката франшиза за брза храна во регионов, а од скоро присутна и во далечниот Виетнам! Како младите Хрвати Андрија Чолак и Денис Полиќ успеаја да го рашират својот бизнис во 12 држави досега, и на едноставен производ како помфритот да му дадат иновативност и креација.
XXСтр. 34
48 Генерација што доаѓа Додека трае окупацијата на универзитетите, Капитал направи интервју со еден од членовите на Студентскиот пленум, Константин Битраков, со цел на јавноста да и ги приближи ставовите и размислувањата за многу значајни теми на генерацијата што доаѓа и која е подготвена без никакви компромиси да се бори за подобар живот и подобра иднина во Македонија. XXСтр. 24
не е прашање на престиж, туку сериозна заштеда на време и пари
ојчевска l Печати: Графички центар Скопје, ул. Скупи бб, 1000 Скопје l Тираж: 3.000 примероци l Датум на печатење: 19.02.2015
www.kapital.mk
Капитал број 799 20.02.2015
6
Капитално
Кога бизнисот ќе замолчи
Биљана Здравковска Стојчевска biljana.zdravkovska@kapital.mk Полека бизнис сцената во Македонија како да изумира. Го нема адреналинот во бизнисот. Никој веќе не зборува за берза или за купување на акции на некоја фирма која добро и оди. Никој не сака да зборува за нови проекти, за нови инвестиции, за нови извозни успеси, за емисии на акции... Не се одржуваат бизнис конференции, нема маркетиншки промоции... Се е некако чудно тивко. Изгледа се ова оние времиња за кои и Иво Андриќ пишувал дека понекогаш доаѓааткога паметните ќе заќутат, будалите ќе проговорат, а пробисветите ќе се обогатат.
O
Оваа 2015 година се навршуваат 800 години од првиот устав на светот. Големата повелба на слободата, или документот познат под името Magna carta libertatum е донесен во 1215 година во Лондон. Како резултат на долгата борба помеѓу кралот и феудалците, пред се нивните барања дека кралот не може самоиницијативно и самостално да ги определува давачките кои тие ги плаќаат. Но, содржела и значајни права за “обичните” луѓе. Подоцна овој документ станува своевиден политички мит заради заштитата на личните слободи и бил вграден и во американскиот устав. И ден денес на овој документ Magna Carta се гледа како на основа на слободите на индивидуалецот од арбитрарното владеење на деспотите. Но, во неговата првична суштина бил нагонот на богатите барони да се заштитат од давачките кои им ги наметнувале монарсите. Бидејќи тогашното кралство имало многу робусна и скапа администрација, владеењето било многу несигурно бидејќи владеел принципот vis et voluntas или сила и воља, што подразбирало дека многу често се носеле арбитрарни закони, за кои единствено објаснување било дека кралот е над се. Но, богатите барони
се дигнале на бунт, кој подоцна прераснал и војна, но на крајот ги добиле реформите кои ги сакале и заштитата од волунтаристичкото владеење на власта. Во Македонија само во изминатава години беа донесени еден куп законски измени и мерки кои се однесуваат на бизнисот и кои ги зголемуваат давачките на фирмите. Повеќето од нив беа никакво логично објаснување зошто се носат, двосмислени, во колизија со други одредби, без соодветни акти за спроведување, без претходна најава за роковите до кога треба да се имплементираат... Бизнисмените кои сето тоа треба да го применуваат и имплементираат се во хаотичен грч. Оти и самите се свесни дека повеќето од нив нема да можат да ги испочитуваат и спроведат како што тоа го бара државата. Веројатно и државата е свесна дека тие не можат да ги испочитуваат овие прописи. Очигледно тоа не и ни целта. Можеби целта е во замката да се фатат “лошите и алчни” газди кои само гледаат за својот профит и кои заработуваат на грбот на сиромашниот работник. И за тоа треба да бидат казнети. Тоа е атмосферата и уверувањето кое се сервира на јавноста. А поголемиот дел од таа јавност, која е невработена, аплаудира на сите нови вработувања во државната администрација. Која од година станува се поскапа и се поробусна. И како таква бара се повеќе и повеќе пари, што значи уште нови и поголеми давачки за приватните бизниси.
И тоа е кругот во кој се вртиме повеќе од две децении. Бизнисите во Македонија премногу долго ги плаќаат цеховите на волунтаристичкото политичко владеење. Но, очигледно се уште не е дојдено времето кога македонските барони ќе го дигнат својот глас против политичката неизвесност и скапата администрација. Пред некое време нашата редакција ја посети еден бизнисмен лично да не замоли неговата фирма да не ја ставаме во следното рангирање на најголемите и најуспешните 200 фирми која Капитал ја прави веќе неколку години по ред. На прашањето зошто сака тоа да го направиме, неговиот одговор беше дека не сака неговата компанија воопшто да ја има во јавност и да се знае дека добро и оди. Ова за жал не е единствениот случај на фирми или бизнисмен кој одбира да работи тивко без многу да боде во очи. А некогаш, не така одамна, беше престиж фирмите да се фалат дека добро им оди. Полека бизнис сцената во Македонија како да изумира. Го нема адреналинот во бизнисот. Никој веќе не зборува за берза или за купување на акции на некоја фирма која добро и оди. Никој не сака да зборува за нови проекти, за нови инвестиции, за нови извозни успеси, за емисии на акции...Не се одржуваат бизнис конференции, нема маркетиншки промоции... Се е некако чудно тивко. Изгледа се ова оние времиња за кои и Иво Андриќ пишувал дека понекогаш доаѓаат-кога паметните ќе заќутат, будалите ќе проговорат, а пробисветите ќе се обогатат. nnn
Pove}e od 200 direktori i sopstvenici na kompanii od pove}e od {est dr`avi na edno mesto Crowne Plaza, 26.03.2015.
l Za`ivuvawe na grade`ni{tvoto kako uslov za stopanski rast l Kako da bidete del od vrvot na Jugoisto~na Evropa i da opstanete – koncern Agrokor l Energetska sigurnost na regionov l Kade se krijat dobrite kadri? l Kako da se zbolemi trgovskata razmena so Turcija i podobro da se iskoristat bilateralnite dogovori? l Neiskoristeni potencijali na agrobiznisot На 26-ти март во хотелот Crown Plaza во Белград ќе се одржи 4-тата регионална конференција на Бизнис плус насловена како „Стопаствениците од повеќе од 6 држави на едно место“. На конференцијата ќе бидат присутни над 200 учесници и по Загреб, Будва и Сараево, повторно на едно место ќе се здружат деловните информации, компаниите и медиумите од повеќе од 6 земји. Минатата година, во првата година од работата на Регионалниот деловен клуб на „Бизнис плус“, вакви конференции се одржаа во Загреб, Будва и Сараево, на кои учествуваа повеќе од 500 директори и членови на управните одбори на компаниите од БиХ, Црна Гора, Хрватска, Македонија, Словенија
и Србија, а со нив беа и уредници, директори и новинари на партнерските, но и другите медиуми од регионот. Нашата желба е на овие средби, каде што се склучуваат сè повеќе деловни договори, да дојдат претставници и од Вашите компании. Средбите се одржуваат во пријателска и работна атмосфера, бидејќи учесниците покрај корисните информации од подготвените програми и новите контаки, нудат можност за дружење во опуштена атмосфера со стопанствениците од шест државни, кои покрај работниот, развиваат и лично-пријателски однос.
МЕЃУ УЧЕСНИЦИТЕ НА КОНФЕРЕНЦИЈАТА ВО БЕЛГРАД ЌЕ БИДАТ: Анте Тодориќ
Ензо Смрекар
Минчо Јорданов
Јанез Шкрабец
Душко Јовановиќ
Радмила Спасиќ
Светислав Костиќ
Душан Олај
Матиц Вошњак
д-р Зоран Миливојевиќ
Дарко Буковиќ
Зијад Беќировиќ
Горан Живков
извршен потпретседател за малопродажба на Агрокор и надзорниот одбор на Меркатор
директор на Delta Reat Estate
генерален директор на стратешкоделовното подрачје на Атлантик груп и член на управата во Дрога Колинска
директор на Секторот за даночно советување во Delloitte
претседател на одборот на директори на Бетон и сопственик на Макстил, винаријата Стоби и Ре-Медика.
директор на Duola
директор на Рика
директор на Competa
генерален директор на Сава осигурување
психотерапевт
МОДЕРАТОРИ НА КОНФЕРЕНЦИЈАТА СЕ: Петар Франкл
Finance главен уредник и директор
големи партнери:
Мијат Лакичевиќ Novi Magazin заменик-главен и одговорен уредник
Privredni Vjesnik главен уредник и директор
Ifimes директор
Seedev директор
www.kapital.mk
Капитал број 799 20.02.2015
8 НАВИГАТОР
ИЗЈАВА НА неделата
Охридска банка дава беспла осигурување со секоја платеж
> БРОЈКА Никој од моите соработници не ја разбира досега Грција што сака. Не е јасно ни дали Грција се разбира себе си што сака.
8,3%
е намален индексот на цените во земјоделството кај инпутот во јануари 2015 година, во однос на истиот месец лани
Волганг Шојбле министер за финансии на Германија
победник на неделата
О
хридска банка лансира нова карактеристика достапна за платежните картички а тоа е осигурување на картички (Ин-Кардс). Ова претставува уникатна понуда на македонскиот пазар. Платежните картички од Охридска банка се осигурани почнувајќи од 1 февруари годинава со директен бенефит за сите картички вклучително и за веќе издадените. Од банката
Еврокомесарот Јоханес Хан во прва посета
Дојде, виде... и си Илон Маск
фото: МИА
+
Како може домашните светилки напојувани 100 процентно со соларна енергија да светат јасно и навечер? Како да имате струја дома ако се случи некоја природна непогода или дефект на мрежата? Одговорот е: домашни уреди за складирање на енергија, нешто што го бара растечкиот пазар за апарати што ја балансираат понудата и побарувачката на струја. Токму таков уред развива еден од најпродуктивните претприемачи на денешнината, Илон Маск , кој што не престанува да ја воодушевува светската јавност со проекти од неговата технолошка лабораторија. После електричниот автомобил, идеите за брза железница помеѓу Лос Анџелес и Сан Франциско, колонизирањето на Марс... на ред дојде батеријата што ќе ги снабдува домовите на луѓето со струја. По примерот на батериите што ги придвижуваат автомобилите, како што е впрочем и неговото чедо Тесла, Маск со својот тим сега развива батерија во “домашно пакување“. Возбуден околу својот нов продукт, Маск вели дека комерцијалното производство на батериите би можело да почне по шест месеци. Сега останува да видиме која ќе биде следната голема идеја на ексцентричниот бизнисмен.
пишува:
з
Габриела Делова
gabriela.delova@kapital.mk
Зад затворени врати и без официјални изјави помина долго очекуваната прва посета од еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан. Иако пошироката јавност од него очекуваше дека ќе предложи некакво решение за политичката криза, или во најмала рака ќе
понуди опции за нејзино надминување, сепак освен воздржани изјави и празни соопштенија, јавноста остана без конкретен предлог, но и без извесност дали на политичката криза и се ближи крајот. Неговиот предлог, пак, европратеници, по примерот на Албанија, да помогнат во надминување на кризата, прозвуче како предлог за решение даден само така, кој помина речиси целосно игнориран или, пак, оценет како нефункционален од експертската јавност. Оттука, она што останува јасно од изјавата на Хан, е дека со соговорниците детално разговарал за случувањата во државата, но предлозите и заклучоците, засега
остануваат, како што рече и самиот тој „интерни“. “Се надевам дека на крај ќе постигнеме значаен напредок за европската перспектива на земјата. Тука сме да ја поддржиме земјата. Понекогаш е подобро да се имаат интерни разговори со цел да се постигне напредок“, изјави Хан по средбата со премиерот Никола Груевски. Дека не постои, барем јавно, некакво поместување на позициите кај главните политички чинители се заклучува и од нивните изјави, кои и по средбите со Хан, остана на истиот став искажан претходно во јавноста. Премиерот Никола Груевски, кој место во Владата, со Хан се сретна во резиденцијата на
www.kapital.mk
Капитал број 799 20.02.2015
9
атно жна картичка
објаснуваат дека сите МастерКард картички (освен Маестро) и ВИЗА платежни картички (дебитни, кредитни, бизнис) се покриени со неколку осигурителни услуги, а осигурувањето е бесплатно. После кредитното животно осигурување воведено пред две години на пазарот, Ин-Кардс е вториот производ за осигурување воведен од страна на Охридска банка.
> БРОЈКА
мисла на неделата
20,3%
Секогаш треба да се учи од конкуренцијата но никогаш не треба да се копираат нивните идеи. Копирањето од конкуренцијата е рецепт како брзо да изумрете на пазарот
порасна прометот во индустријата во декември 2014 година, во однос на декември 2013 година
лидери
а на Македонија
Џек Ма
основач и сопственик на Али Баба
губитник на неделата
си отиде! Иако во јавноста се очекуваше дека Хан ќе даде некаков конкретен предлог за надминување на кризата, сепак, и по неговата посета, останува неизвесноста дали на политичката криза и се ближи крајот. Затворените врати зад кои се одвиваа средбите го потврдија она што и самиот Хан го рече, дека засега, разговорите остануваат „интерни“. Оттука се наметнува впечатокот дека и по посетата на Хан, барем јавно, нема поместување на позициите Европската комисија во Скопје, изјава дека со еврокомесарот размениле мислења околу состојбата и дека не разговарале за конкретен предлог: „ Со еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, не разговаравме за предлог, туку разменивме мислења за надминување на кризата. Поразговаравме за актуелната политичка ситуација, кажавме она што е вистина, односно она што се случува, тоа е тоа“, изјави Груевски. На својот претходен став, ако се суди по соопштението испратено од партијата, останува и лидерот на СДСМ, Зоран Заев. „СДСМ има законска и морална обврска
вистината за Македонија да ја сподели со граѓаните и тоа ќе го стори, во насока и со единствена цел, враќање на уставниот поредок во Македонија, на слободата и демократијата и нормализација на државата“, стои во соопштението испратено од СДСМ“, вели тој. Освен со лидерите на двете политички партии, Хан оствари средби и со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, со претседателот Ѓорѓе Иванов, со претседателот на Собранието, Трајко Вељановски и со вицепремиерот за евроинтеграции, Фатмир Бесими. nnn
Бранка Павловиќ
Охридска банка воведе иновација на пазарот давајќи бесплатно осигурување на секоја платежна картичка
Тим Кук
Apple се шири во автомобилската индустрија - се очекува iCar да стане мејнстрим, како iPod, iPhone и iPad
не им беше неделата
Абдулаким Адеми
Министерот никако да најде заеднички јазик со студентите кои продолжуваат со јавно манифестирање на својот отпор против реформите во образованието
Казуо Хираи
Јапонскиот технолошки гигант половина деценија континуирано се соочува со пад на продажбата, приходите и губење на позициите на пазарот
_
Иса Мустафа Косовскиот премиер, Иса Мустафа, во рамките на одбележувањето на седумгодишнината од независноста на Косово е ставен во ситуација наместо да држи пригодни говори, да ги моли своите сограѓани да не ја напуштаат земјата која се соочува со тешка економска криза. Во неколкуте последни месеци кризата предизвика масовен егзодус на десетици илјади косовски Албанци кои не бираа начин тргнувајќи по патот за подобар живот во земјите на Европската унија. Додека аналитичарите предупредуваат оти косовската Влада итно треба да осмисли мерки за спречување на масовното иселување, с$ што Мустава засега може да каже е: „Луѓето немаат причина да го напуштаат Косово, тие имаат причина да останат“ (?!), и да бара активна борба на институциите против невработеноста, сиромаштијата, корупцијата, организираниот криминал ... Аналитичарите предупредуваат и дека може да се случи на Косово „допрва да дојде зимата“. Имено, најцрното сценарио би се следело кога набргу Западот ќе почне да ги депортира илјадниците илегални косовски емигранти, кои кога ќе се вратат назад, својот гнев може да го истурат преку евентуални насилни протести. И на косовскиот пример уште еднаш се покажа дека од национални идеали не се живее - Косоварите се уморни од политичката битка со Србија - бараат нивните политичари да создадат услови за живот во државата, ако сакаат таа да ги дочека резултатите од целата оваа борба за нејзина меѓународна афирмација.
Капитал број 799 20.02.2015
10
www.kapital.mk
cover story
Македонската економи тоне во политичка нес
Во политичките битки, бизнисот е секогаш губитник!
www.kapital.mk
мија со години стабилност
Капитал број 799 20.02.2015
11 Македонската економија влегува во еден турбулентен период, бидејќи веќе е наивно да се верува дека политичката криза ќе заврши брзо и лесно. Ако претпоставиме дека ќе се оствари најоптимистичкото предвидување за излез од кризата, односно вонредни парламентарни избори на пролет, тоа значи дека бизнис секторот ќе продолжи да хибернира и откако ќе заврши зимата. Искуството досега (Македонија во просек поминува низ изборен циклус на секоја година и пол) покажа дека сите бизнис активности во тој период замираат. Тоа значи дека во времетраење од тричетири месеци фирмите се воздржуваат да инвестираат „чекајќи го исходот“, наплатата на фактурите се пролонгира, како од приватните компании, така и од државата, реформите се одложуваат бидејќи државните функционери целата енергија ја насочуваат во предизборните кампањи. Неретки се јавните проценки на некои аналитичари дека политичката криза може да ескалира во поголем конфликт што ќе ја разниша безбедноста на државата. Без да се прејудицира било што, факт е дека последиците од конфликтите врз економијата се разорни.
www.kapital.mk
Капитал број 799 20.02.2015
12
cover story Златко Симоновски
Кочо Анѓушев
екоја политичка нестабилност во државата без оглед од каков карактер, негативно се одразува врз водењето на бизнисот. Партнерите со кои што работиме долги години веќе се навикнаа речиси секоја година да има избори во земјава, меѓутоа, проблематично е да најдете нови клиенти или да се пробиете на нови пазари. Странските партнери на нас гледаат со резерва како на компании што доаѓаат од нестабилни земји и поради тоа вообичаено одбиваат да склучат големи договори плашејќи се дека нема да можеме да им го испорачаме тоа што го бараат.
екои наши партнери не ни ги доделија најавените нарачки, или пак, чувствуваме дека малку ги одложуваат нарачките на некои нови производи за кои веќе бевме договорени. Тоа секако влијае врз нашите планови. Не станува збор за намалување на бројот на вработени, или, пак, одложувања на инвестициски активности, но сигурно е дека нема да има ниту дополнително ангажирање на работници се додека не се активираат новите нарачки од нашите клиенти.
генерален директор на Факом
генерален директор на Фероинвест
С
пишува:
M Александар Јанев
aleksandar.janev@kapital.mk
Македонската економија влегува во еден турбулентен период бидејќи веќе е наивно да се верува дека политичката криза ќе брзо и лесно. Најбезболниот исход од целата ситуација според аналитичарите ќе биде излегување на предвремени парламентарни избори како неизбежно сценарио, па до најцрните прогнози дека може се да се комплицира до точка во која може да биде загрозена безбедноста на државата. Најголема колатерална жртва во политички турбулентен период, без сомнеж е секогаш бизнисот. Ако претпоставиме дека ќе се
оствари најоптимистичкото предвидување за излез од кризата, односно вонредни парламентарни избори на пролет, тоа значи дека бизнис секторот ќе продолжи да хибернира и откако ќе заврши зимата. Искуството досега (Македонија во просек поминува низ изборен циклус на секоја година и пол) покажа дека сите бизнис активности во тој период замираат. Тоа значи дека во времетраење од тричетири месеци фирмите се воздржуваат да инвестираат „чекајќи го исходот“, наплатата на фактурите се пролонгира, како од приватните компании, така и од државата, реформите се одложуваат бидејќи државните функционери целата енергија ја насочуваат во предизборните кампањи. По правило, наместо решенија за реалните проблеми, изборите носат нов бран на популизам кој треба да го мотивира гласачкото тело. Бизнисмените коментираат дека нивните странски партнери веќе свикнале на тоа во Македонија постојано да има некакви избори, но
Н
Политичката криза ја собори берзата?!
В
редноста на берзанскиот индекс МБИ 10 само од почетокот на февруари се намали за 3,9%, на 1.801 индексни поени. Индикативно е тоа што падот на вредноста на индексот МБИ 10 почна веднаш по јавната прес конференција на премиерот кога прв пат објави дека лидерот на опозицијата заедно со неколку негови соработници подготвувале државен пуч. Индексот продолжи да паѓа и во деновите потоа, откако и опозицијата на прес конференции почна да ги објавува таканаречените „бомби“ односно детали од аферата со прислушувањето. Берзите вообичаено реагираат на сите политички турбуленции. Кога се случуваат поголеми настани како на пример конфликтот во Украина, или пак изборот на новата влада во Грција, влијанието е посилно и го чувствуваат дури и наголемите светски берзански индекси. проблематично било да се склучат договори со нови клиенти или, пак, да се освојат нови пазари. „Секоја политичка нестабилност во државата без оглед од каков карактер, негативно се одразува врз водењето на бизнисот. Партнерите со кои што работиме долги години веќе се навикнаа речиси секоја година да има избори во земјава, меѓутоа,
проблематично е да најдете нови клиенти или да се пробиете на нови пазари. Странските партнери на нас гледаат со резерва како на компании што доаѓаат од нестабилни земји и поради тоа вообичаено одбиваат да склучат големи договори плашејќи се дека нема да можеме да им го испорачаме тоа што го бараат“, вели генералниот директор на Факом, Златко Симоновски.
www.kapital.mk
Капитал број 799 20.02.2015
13 Бранко Азески
Мартин Кнап
претседател на Стопанска комора на Македонија
А
ко брзината и ризикот се клучните компоненти во правење на профитот, тогаш мораме да имаме предвид дека најмала штета што може да настане е да се почека да заврши таа ситуација за да се инвестира или вработува. И тоа е она што е лошото. Мора да водиме сметка дека политичките потреси оставаат трага. Но, добриот бизнисмен знае и тоа да го изменаџира, ќе најде алтернатива. Политичките процеси ќе течат како што ќе течат, но политичарите мора да најдат решение за пократки избори, помалку присуство во јавноста и долгорочни афери, а бизнисмените да не чекаат сето тоа да се среди, туку да дејствуваат и на нови пазари и други алтернативи, вели Азески.
Генералниот директор на Фероинвест, Кочо Анѓушев, вели дека странските партнери што целосно се потпираат на македонско производство постојано се интересирале за политичката ситуација во земјава и прашувале дали тоа може некако да ги загрози
испораките. Перцепцијата на странците за Македонија, според Анѓушев, довело до тоа да одбегнуваат да склучуваат поголеми зделки со нашите компании. „Некои наши партнери не ни ги доделија најавените нарачки, или пак, чувствуваме дека малку ги
директор на Германска стопанска комора во Македонија
К
олку е важна политичката зрелост на една држава за странските инвеститори најсликовито досега опиша директорот на Германската стопанската комора во Македонија, Мартин Кнап. Зборувајќи дека странските инвеститори бараат стабилна клима за инвестиции, зашто во спротивно ќе го преселат капиталот во друга земја, Кнап рече дека „капиталот е како срна, на првиот шум знае да избега.
одложуваат нарачките на некои нови производи за кои веќе бевме договорени. Тоа секако влијае врз нашите планови. Не станува збор за намалување на бројот на вработени, или пак одложувања на инвестициски активности, но сигурно е дека нема да има ниту
дополнително ангажирање на работници се додека не се активираат новите нарачки од нашите клиенти“, вели Анѓушев. Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, објаснува дека политичките превирања кои траат долго,
www.kapital.mk
Капитал број 799 20.02.2015
14
cover story нормално дека влијаат на бизнисот. Меѓутоа, тој вели дека добрите менаџери во Македонија научиле да се снаоѓаат и во турбулентни периоди. „Ако брзината и ризикот се клучните компоненти во правење на профитот, тогаш мораме да имаме предвид дека најмала штета што може да настане е да се почека да заврши таа ситуација за да се инвестира или вработува. И тоа е она што е лошото. Мора да водиме сметка дека политичките потреси оставаат трага. Но, добриот бизнисмен знае и тоа да го изменаџира, ќе најде алтернатива. Политичките процеси ќе течат како што ќе течат, но политичарите мора да најдат решение за пократки избори, помалку присуство во јавноста и долгорочни афери, а бизнисмените да не чекаат сето тоа да се среди, туку да дејствуваат и на нови пазари и други алтернативи“, вели Азески. Универзитетскиот професор и аналитичар за безбедносни прашања Методи Хаџи Јанев, вели дека состојбата на воздржаност во бизнис секторот е разбирлива бидејќи динамиките и протокот на капиталот е поврзан со ризикот, но и со стабилноста и безбедноста. „Ако немате доверливост или ако истата може да биде загрозена бизнисот значително е предизвикан. Тоа може да отвори дилеми околу конкурентноста, заштита на интелектуалната сопственост, како и заштита на деловни информации. Овие информации секогаш бараат ексклузивитет и тајност. Сепак, оваа несигурност не е специфична само за нас. Многу посилни држави од нас се соочуваат со истиот предизвик“, изјави за медиумите Хаџи Јанев. Неретки се проценките на некои аналитичари дека политичката криза во која е влезена Македонија може да ескалира во поголем конфликт што ќе ја разниша безбедноста на државата. Без да се прејудицира било што, факт е дека последиците од конфликтите врз економијата се разорни. Искуството од 2001 година покажа дека економијата падна во рецесија со пад од 3,1% на годишно ниво, се создаде дупка во буџетот од 5,9% од БДП, банкарите целосно го замрзнаа кредитирањето на приватните фирми.
Странските инвеститори претпазливи
Една од причините што Македонија привлекува најмалку странски инвестиции во споредба со сите други земји во регионот е токму политичката нестабилност на државата. „Предвремените избори се премногу често на нашата агенда и тоа испраќа неповолен сигнал кај странските инвеститори што размислуваат да инвестираат овде“, велат аналитичарите. Колку и да е добра сликата на макроекономско ниво, потенцијалните инвеститори сакаат да видат дека и другите области функционираат добро,
како независно судство и ефикасна јавна администрација. Ова им дава доверба дека нивните инвестиции добро ќе се раководат и дека проблемите ќе се решаваат објективно. Колку е важна политичката зрелост на една држава за странските инвеститори можеби најсликовито досега опиша директорот на Германската стопанската комора во Македонија, Мартин Кнап. Зборувајќи дека странските инвеститори бараат стабилна клима за инвестиции, зашто во спротивно ќе го преселат капиталот во друга земја, Кнап рече дека „капиталот е како срна, на првиот шум знае да избега“. Освен извештаите како што е Doing business на Светска банка или пак Извештајот за конкурентност кои што ги сублимираат економските параметри и законската регулатива и според тоа не рангираат високо како атрактивна земја за инвестирање, странските инвеститори велат дека со еднакво внимание ги следат и извештаите на Европската комисија или Стејт Департментот кои ги анализираат и факторите што ја определуваат политичката стабилност. Имајќи предвид како почна годината, со сигурност може да се каже дека странските инвеститори ќе прочитаат сериозни критики во најновите извештаи на овие меѓународни институции.
Ударни дози популизам за глас повеќе
Ако неизбежем исход од целата ситуација се предвремени парламентарни избори, како што проценуваат најголем дел од аналитичарите, уште од сега и бизнисмените и граѓаните може да се навикнат на идејата дека во следните неколку месеци ќе сведочат на најжестока предизборна кампања до сега. Тоа значи нови потрошени државни пари, нови тормозења на граѓаните со платена политичка програма, нови билборди, флаери, тропање од врата на врата на партиски активисти, нови митинзи, нови притисоци и изборни лакрдии. За време на предизборните кампањи вообичаено многу се троши. Во тој период и земјоделците си ги добиваат парите за субвенции, најзаслужните партиски кадри добиваат место во јавната администрација, административците добиваат ветувања за повисоки плати, пензионерите за повисоки пензии. Само минатата година буџетскиот дефицит за четири месеци (во екот на предизборната кампања) достигна 200 милиони евра, што беше две третини од планираниот дефицит за целата година. Ако се анализираат буџетските податоци и од претходните два изборни циклуси, се забележува дека најголемите дефицити Владата ги прави токму пред избори, и дека секои наредни избори се трошат сè повеќе пари што ги нема, односно треба да се обезбедат со задолжување. nnn
ПОКАНА На 19 март 2015 година (четврток) во просториите на НБРМ, на 8. кат, со почеток во 14 часот, ќе се одржи 16. сесија на Клубот на истражувачите Доколку сакате да го презентирате Вашиот работен материјал на оваа сесија на Клубот на истражувачите, Ве молиме да н$ известите најдоцна до 2 март 2015 година (понеделник). Се надеваме дека ќе предизвикаме интерес кај Вас и кај Вашите колеги за учество на Клубот на истражувачите. Ве молиме да го потврдите Вашето присуство на оваа сесија на Клубот на истражувачите најдоцна до 16 март (понеделник) 2015 година на тел. +389 2 3298 110; електронска пошта: marketing@kapital.mk Напоменуваме дека зачленувањето во Клубот е од отворен карактер, за што подетални информации можете да видите на следнава врска: www.nbrm.mk/Клуб на истражувачи.
СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ
27
ФЕВРУАРИ 2015
БАНКИТЕ И БИЗНИСОТ Кои банки најмногу ги кредитираат фирмите и граѓаните?
Како да ја убедите банката полесно да ви одобри кредит?
Какви кредити ќе бараат најмногу фирмите?
Како банките го кредитираат извозот?
Банкарите предвидуваат-кои се бизнисите кои ќе го носат кредитниот раст оваа година?
Почнува проектно финансирање – што значи и какви проекти бараат банките?
Повеќе информации во врска со прилогот и за претставување во истиот можете да добиете на е-маил gordana.mihajlovska@kapital.mk или на телефонскиот број 023298111
ЛИЦE ЗА КОНТАКТ:
ГОРДАНА МИХАЈЛОВСКА
www.kapital.mk
Капитал број 799 20.02.2015
16
патот напред
Поклопено други финансиски можности. Второ, нема мотивација кај домашните инвеститори за нови инвестиции во услови кога тие се потиснати од силните мерки за привлекување на странските инвестиции кои се стимулирачки за странците, а домашните ги фрлаат во втор план. Трето, економските политики кои сите македонски влади ги промовираа во последните 23 години се тотално промашување!?
Љупчо Зиков
З
ljupco.zikov@kapital.mk http://www.facebook.com/ljupco.zikov
За да ушете еднаш силно се посветам на проблемот на македонската економија согледан низ мачната слика на големата невработеност и егзодусот на младите бегајќи од својата земја (350.000 во последните 15 години), која е директна последица на слабата економија, која не отвора работни места и не нуди иднина, овде ќе се послужам со неколку нешта што веќе ги кажав и напишав. Прво, невработеноста не е причина туку последица. Таа е проблем и е последица на нискиот економски раст на македонската економија. Коруптивни релации на релација држава – приватен сектор. Многу слаб приватен сектор обременет со големи административни проблеми, разни иснпекции, дестимулирачки политики. И што е најважно многу ограничен пристап до кредити и
Според аналитичарите на Светска банка за да Македонија го фати европскиот просек на вработеност до 2020 година според сегашното наше темпо, како ги решаваме проблемите, потребни ни се по 39.000 работни места секоја година во реалниот сектор на претпријатијата. Или за осум години Македонија треба да отвори 320.000 нови работни места во реалната економија (не во јавната администрација). Притоа се напоменува дека решение на големиот македонски проблем на невработеноста и сиромаштијата не може да биде вработувањето во јавната администрација и во државните проекти. Исто така, решение не може да биде ниту бришењето од евиденција на лицата кои наводно не бараат работа, оти тоа не може да биде врвна економска реформа. Решение не може да биде ниту јавните работи на државата и капиталните инвестиции да се реализираат исклучиво со две три или четири големи фирми! Решение не може да бидат ниту само странските директни инвестиции кои вработуваат малку луѓе, а речиси и да немаат некое позначајно влијание врз домашната економија и инвестициите во неа. Решенијата не може да се бараат ниту во зголемувањето на социјалните трансфери и пензиите каде овие категории ни стануваат главни сегменти за зголемување на Бруто домашниот производ (БДП)
во делот на личната потрошувачка. Тоа секако не е решение.
Каде извира проблемот? Денеска имаме само шминкање на „економски мртвиот пациент„ кој цело време се одржува во живот само затоа што е приклучен на апарати. Мора да признаеме дека нашиот пациент е на интензивна нега и во коматозна состојба. Нашите добри стапки на раст во оваа година од над 3% пораст на БДП (први сме заедно со Велика Британија!!??) се премали. Вистината е дека македонскиот приватен сектор е демотивиран и слабо растечки. Најголемиот број фирми со домашни сопственици се се послаби поради тоа што се подложни на серија силни удари. Инспекции и притисок од страна на државата со разни нови демотивирачки закони, кои создаваат внатрешна нелојална конкуренција. Тежок пристап до евтини пари за инвестиции. Државата и банките немаат слух за ова. Оттука, од година во година се намалува кредитирањето на приватниот сектор и тој се прогласува за ризичен и неконкурентен, и за него се смета дека „само би ги изел парите„. Економските политики во сите дваесет години беа повеќе фокусирани на заштита на сопственоста на поединци и групи здобиена во процесот на приватизација. Тоа е една група луѓе од почетокот на деведесеттите години која го приграби капиталот кој влезе во приватизација. За дваесет години ништо квалитетно не се сработи. Се упропастија фабрики, трговски ланци, цели индустриски сектори. Тоа се направи и преку перфидно промовирање на макроекономски политики кои промовираат стабилност на ниско ниво, држење на макроекономска стабилност на ниско ниво во услови кога „крвниот притисок е толку низок што пациентот влегол во состојба на долго спиење„.
www.kapital.mk
Капитал број 799 20.02.2015
17 Нејасни и неискрени политички лобија, силно го контролираат бизнисот, економскиот потенцијал на граѓаните, и ги имаат поклопено компаниите и нивните наводни сопственици. Ова се случува во сите години наназад. Управувањето со фирмите и економијата е дислоцирано и изместено во партиски и политички кабинети. Деловните стратегии не се насочени кон инвестиции и извоз и отворање нови работни места, туку се свртени кон силината на Буџетот и Партијата, и работа дома - внатре. Во вака поставена „ретардирана комбинација„ нема место за многу. Останаа малку кастрирани бикови, и многумина мали кои чекаат нешто да се случи само од себе, или достоинствено „економски да умрат„. Ова е време во кое жестоко владее корупцијата и монополизмот! Ова е време на спасување ... а не на развој! Никој важен овде не сака ништо да разбере ... Сеопшт пад плати, инвестиции, извоз, даночни приходи, затворање на фирми преку ноќ, испумпување пари и бегање на криминалците од земјата без јасна претстава кога ќе ги вратиме да си го добијат заслуженото... Скандалозни приватизации. Нејасни релации на новите газди на приватизираните фирми со сите влади и со централниот буџет. Појавата на катастрофално високата корупција поради тоа што новите газди и менаџери не знаат да работат на отворен пазар, па затоа им треба државна монополистичка заштита. Демотивирачка бизнис клима за појава на нови играчи на пазарот. Резултат: се помалку има кој да го полни Буџетот. Македонија допрва во неколкуте години нанапред ќе се соочи со колосална финансиска криза оти ќе нема сопствена даночна основа, ќе ги снемува субјектите кои ќе работат и ќе создаваат даночни обврски... Населението од Македонија демотивирано физички се исселува ... Се иселуваат можните претприемачи кои својата шанса ја бараат во други држави. Како се менуваа политичките елити, така имаше и нејасни превземања на фирмите. Политиката длабоко навлезе во бизнисот и стана „уличен„ арбитер и коректор на транзициските процеси и на приватизацијата. Превземањата се случуваа „во подрум„ од страна на нови и нови државни експоненти од
политичките елити. Тоа беше сигналот за новопечените газди од кои многумина пред тоа беа класични социјални случаи, дека во оваа земја е подобро да продадеш се и да ги „испумпаш„ парите и да се преселиш надвор, отколку да работиш и создаваш овде. Всушност, после 2001 година во Македонија се случуваат два нови процеси. Тие се тивки без наметнување, но се ретроградни и убиствени ако Македонија не реши да се пресмета со тие појави. Прво, секундарната приватизација која е резултат на уплашеноста на газдите од почетокот на девдесеттите години. Создавање амбиент во кој тие не можат да работат. Претходно целиот имот на фирмите го заложиле за кеш од банките во вид на кредити. Ги испумпале парите надвор, а сега им е лесно да попуштат пред налетот на „новите„! И буквално им ги поклонуваат фирмите. Банките немо гледаат оти тие сакаат хипотеките да ги продадат и да направат профит: профит кој не е од оперативно работење, туку од продажба на имотот, што ги прави повеќе агенции за некретнини. Во ваква атмосфера, никој од новите сопственици и инвеститори не мисли на нови инвестиции, извоз на странски пазари и отворање нови работни места. Тие не мислат на тоа оти се исклучиво профитно ориентирани преку продажба на имотот.
Второ, дефект е финансиската приватизација на голем кеш преку Буџетот. Нашите пари. Ова во втората деценија во Македонија (рамковна Македонија) создаде огромни блокади на претприемачката слободна идеја и развој на нови компании. Таа се случуваше преку Буџетот. Огромни трошења преку централниот буџет за се и сешто. Драматичен раст на тендерската економија. Преку ноќ политичките елити станаа финансиски моќни оти само нивни фирми работеја на тендери. И се тоа тоа со едно крунско алиби пред очите на цела македонска јавност. „Вие приватизацијата, епа ние Буџетот„!? Во истиот период од десет години Буџетот се дуплираше, ако не и триплираше. Овде фирмите беа поделени на „наши (македонски и албански„) и „ваши (македонски и албански)". Настана комплетна блокада која трае и денес. Силни политички лобија ги управуваат компаниите и нивните наводни сопственици. Управувањето е дислоцирано и изместено. Деловните стратегии не се насочени кон инвестиции и извоз, туку се свртени кон силината на Буџетот и Партијата, и работата дома - внатре. Но, во оваа домашна „крвава„ арена нема место за многу. Овде има место за малку кастрирани бикови и многумина мали кои чекаат нешто да се случи само од себе. Затоа владее корупцијата и монополизмот! Ова е време на спасување ... а не за развој! nnn
Капитал број 799 20.02.2015
18
www.kapital.mk
Анализа
Како да почнете и да успеете во бизнис со франшизи во Македонија? Иако франшизингот како концепт за развој на бизнисот е светски докажана профитабилна пракса македонските бизнисмени многу тешко се одлучуваат да донесат светска франшиза, а уште потешко да развиваат домашна. Според сите консултирани експерти и бизнисмени причините се едноставни: ретко кој во Македонија е спремен да вложи неколку стотици илјади евра однапред само за носење на брендот кој не покрива никакви трошоци за развој на самиот бизнис. Дополнително проблем се комплицираните и строги прописи од договорот за франшиза со кои ретко кој во Македонија има искуство.
www.kapital.mk
Капитал број 799 20.02.2015
19 ПРЕДНОСТИ XX им овозможува на соработниците да ги имаат сите карактеристики на сопственици XX овозможува стартна мрежа на потенцијални клиенти кои со сопствен бренд би ви требало години да ги освоите XX ги зголемува шансите за успех во бизнисот бидејќи имате работа со докажани продукти и методи XX секогаш им нуди на потрошувачите одредено загарантирано ниво на квалитет XX вистинските франшизи често нудат консултански услуги околу: изборот на локацијата, дизајнот и начинот на градба, финансиите, тренинг за вработените, адвертајзинг во текот на работење, супервизија, пристап до дополнителни средства
НЕДОСТАТОЦИ
П пишува:
Дејан Азески
dejan.azeski@kapital.mk
Преносливоста на брендот попозната како франшиза или франшизинг во Македонија со години беше табу тема. Иако станува збор за практика која во развиените земји се применува веќе педесетина години и дава одлични економски резултати кај нас со децении никој не се интересираше за правење на бизнис преку франшиза. По кршењето на мразот со влезот на Мекдоналдс во земјава во 1997 година, во Македонија влегоа уште десетина познати светски франшизи кои пазарот го освојуваат по принципот на преносливост на бренд или со помош на домашни
македонски бизнисмени. Но, факт е дека се уште нивната бројка е многу мал дури и за мал пазар како македонскиот. Истовремено, Македонија досега не успеа да развие ниту еден домашен бренд за кој некој ќе има интерес да го превземе и да го разработува. Во Македонија не постои ниту една домашна компанија која развива вистински франшизинг по сите светски стандарди.
XX франшизите не се целосно независни и тие бараат да се работи со бизнисот според стриктни процедури и ограничувања XX пристапот кон посериозна франшиза често бара посериозни средства кои се плаќаат на носителот на таа франшиза XX само една оштетена алка од синџирот на франшизата може да ја компромитира и да се одрази на работата на сите учесници во нејзе XX времетраењето на договорот за франшиза е често ограничено, а нејзиното продолжувања зависи исклучително од главниот носител на франшизата. XX договорот за франшиза може да се раскине и преку ноќ за најситен прекршок на договорот, а најчесто оштетената страна останува без право на жалба Капитал анализираше кои се причините што франшизите не заживуваат во Македонија?
Како да се дојде до франшиза?
Огромните финансиски издатоци и строгите критериуми се дефинитивно
двете главни причини поради кои македонските бизнисмени многу тешко влегуваат во авантурата на вложување и работа со светски франшизи. Иако не постои уедначена сума познато е дека се потребни неколку десетици, па и стотици илјади евра
www.kapital.mk
Капитал број 799 20.02.2015
20
Анализа Бобан Ангеловски
Валентин Пепељуговски
сопственик на Доминос Пица
експерт за интелектуална сопственост
Н
Н
и требаа две години преговори за да успееме да го донесеме овој светски познат бренд во Скопје. Како сопственик и јас морав да одам на обука и да ги поминам сите можни позиции во еден ресторан од нашата франшиза. Мене олеснителна околност ми беше дека по професија сум готвач и полесно се снаоѓав како месач на тесто или во подготовката на крајниот производ. Франшиза е бизнис со долгорочно време на поврат кој бара голема ангажираност, но е сигурен бизнис.
ие прво треба да создадеме брендови, да создадеме квалитетни производи за кои ќе знаеме по кој стандарди се произведуваат, за да можеме после да ги дадеме или отстапиме на некого тие производи. Прво некој треба да биде заинтересиран па потоа да ги земе тие производи. Значи, пречката не е ниту законска, ниту психолошка, туку не сме се уште стасани до таа фаза како општество или како компании за да ги сфатиме предностите на франшизингот.
Најпознати и најголеми светски примери на франшизинг
KFC- американски бренд за пилешка храна основан уште во 1939 година кој со франшизинг почнал да се занимава од 1952 година. Денеска има околу 16.850 KFC продавници во светот
Subway –моментално најголем ланец на ресторани
во светот го премина Mcdonalds пред две година. Според официјалната статистика има 37.335 Subway ресторани во светот
McDonald`s –повеќе од неколку децении беше самоуверено прв на листата. Првиот ресторан за брза храна во светот кој е основан уште во 1955 година претставува пример за Франшајзинг на кој се темели целата подоцнежна работа од оваа област. McDonald`s денес има 33.520 ресторани скоро во секоја земја во светот.
во кеш за во Македонија да се донесе франшиза. Според познавачи на состојбите, најголемиот дел од македонските бизнисмени се спремни да одат во многу
потешко, подолго, поскапо и понесигурно развивање на сопствен бренд, отколку да се обидат да прават бизнис преку туѓ бренд. „Ни требаа две години
преговори за да успееме да го донесеме светски познатиот бренд Доминос пица во Скопје. Како сопственик и јас морав да одам на обука и да ги поминам сите можни
7 eleven- најголемата мрежа на мали продавнички во светот. Првата е основана уште во 1927 година во Далас. Од 1964 година преминуваат на нов начин на ширење на бизнисот и да го препродаваат својот бренд преку франшиза. Денес после скоро 50 години малата продавничка е прерасната во ланец од 44.700 такви ширум светот Hertz- најголемиот рент а кар ланец во светот. На преку 8.500 аеродроми во светот може да изнајмите кола од Hertz, а да ја вратите во било кое нивно претставништво во светот. Hertz на овој принцип работи уште од 1925 година.
позиции во еден ресторан од нашата франшиза. Мене олеснителна околност ми беше дека по професија сум готвач и послено се снаоѓав како месач на тесто или во
www.kapital.mk
Капитал број 799 20.02.2015
21 Бојан Ристовски
Љупчо Којчиновски
словите едноставно се остварливи па дури и за македонски стандарди и бизнисмени. Точно е дека големите светски франшизи имаат редовни и ригорозни контроли на нивните објекти ширум светот. Но, тие се само мерки на внимание, бидејќи за која било франшиза да влезе на еден пазар и со конкретен партнер, неколку години претходно прави големи анализи. Големите компании знаат точно на кој пазар влегуваат и со кого се збратимуваат така што грешки од типот одземање на франшизата кои се и маркетиншки и репутациски погубни навистина се сведени на минимум.
ас сум работел и со и без франшиза. Овој начин ти дава финансиски привилегии, ти дава и бренд кој застанува зад тебе. Предусловите точно е дека се ригорозни, но мислам дека на крај се исплатува. Според моето искуство ваков начин на работа би бил добар и за останати бизниси. Впрочем ако цел свет работи така сигурно е профитабилно.
менаџер на хотел Стоун Бриџ
У
подготовката на крајниот производ. Франшиза е бизнис со долгорочно време на поврат кој бара голема ангажираност, но е сигурен бизнис“, вели Бобан Ангеловски, човекот кој во Македонија пред две години ја донесе светски позната пица франшиза Доминос кој има повеќе од 11.000 продажни места во над 70 држави. Според него, специфичноста на стандардите на Доминос е тоа што има комплетна евиденција од температурата на квасецот до самата печка на пица, преку начинот на достава и слично. „Предноста на една франшиза е што нема потреба да се измислува топла вода, се е измислено и пропишано. Речиси 90% од суровините доаѓаат од увоз. Ако сакаме да го смениме тоа треба да се лиценцираат македонски компании директно во централата на Доминос. Слични стандарди има и за секој останат можен сегмент од работењето на
Гледано во спротивна насока развој на домашна македонска франшиза изгледа уште поневеројатно и потешко изводливо барем од перспективата на домашните бизнисмени. еден ресторан на Доминос во светот“, објаснува Ангеловски. Во изминатиов период се зборуваше дека и познатиот светски бренд на хотели Хилтон ќе влегува на македонскиот пазар. Имено бизнисменот Ајдован Адемовски сопственик на хотелот Стоун бриџ уште пред две години потпиша договор за пренос на брендот DoubleTree by Hilton во Македонија. Хотелот кој е лоциран во населбата Аеродром е се уште во изградба, а за условите кои им се пропишани од Хилтон ни зборуваше директорот на Стоун Бриџ, Бојан Ристовски. „Условите едноставно се остварливи, па дури и за македонски стандарди и
бизнисмени. Точно е дека големите светски франшизи имаат редовни и ригорозни контроли на нивните објекти ширум светот. Но, тие се само мерки на внимание, бидејќи за која било франшиза да влезе на еден пазар и со конкретен партнер, неколку години претходно прави големи анализи. Со еден збор големите компании знаат точно на кој пазар влегуваат и со кого се збратимуваат така што грешки од типот одземање на франшизата кои се и маркетиншки и репутациски погубни навистина се сведени на минимум“, вели Ристовски. И според Ристовски и според Ангеловски во Македонија нема повеќе светски франшизи, бидејќи ретко
сопственик на бензиска пумпа под брендот ОКТА
Ј
кој успева да ги исполни специфичните стандарди. Според нив, има компании кои аплицираат да донесат некој светски бренд, но во тоа не успеваат поради веќе познатите строги критериуми.
Зошто не се развива домашен франшизинг?
Во Македонија не постои компанија која својот каков таков бренд ќе го преотстапи на друг сопственик преку франшиза, што е главната идеја на франшизингот, туку истиот сопственик со тешки маки се обидува да го прошири својот бренд на повеќе локации. Валентин Пепељуговски експерт за интелектуална сопственост ни го пренесе неговото искуство според кое дека дел од неговите клиенти бизнисмени биле заинтересирани за развој во овој правец, но многу бргу се откажале. „Ние прво треба да создадеме брендови да создадеме квалитетни производи за кои ќе
www.kapital.mk
Капитал број 799 20.02.2015
22
Анализа
знаеме по кој стандарди се произведуваат за да можеме после да ги дадеме на некого или да ги отстапиме. Прво, некој треба да биде заинтересиран па потоа да ги земе тие производи. Значи пречката не е ниту законска, ниту психолошка, туку не сме се уште стасани до таа фаза како општество или како компании, кога ќе можеме да ги согледува предностите од франшизингот“, тврди Пепељуговски и додава дека пред да се размислува за франшизинг воопшто мора да се знае дека кога се работи за франшизи, не се работи само за гол пренос на бренд, туку тука се пренесува начинот на уредување на ентериерот, начинот на пакување на производот, бојата со којашто се бојадисуваат ѕидовите, начинот на подготовка на храната, потеклото на храната, бројот на калориите, како ќе ви се
обрати персоналот, кодот на облекување... Во врска со тезата дека Македонија нема соодветна законска законска регулатива и затоа не се развиваат домашни франшизи, Пепељугоски има поинаков став. „Македонија поседува законска регулатива која може да го заштити и брендот и оној кој го превзема, но за жал за менаџментот на повеќето домашни компании оваа област е непозната“.
Преносливоста на брендот носи резултати
Сара Фешн ланец за производство и продажба на чорапи е еден од ретките примери на мала компанија со домашен капитал која успеала да го примени делумно принципот на франшиза. Компанијата веќе поседува 20 продавници и
сите работат по овој принцип со потпишан договор со строго утврдени норми. Управителот Дејан Спасовски вели дека придобивките се истите кои ги има и Subway и Бургер Кинг, но дека македонските бизнис навики се малку поинакви од западноевропските. „Придобивки има многу. Мрежата ја проширивме многу побрзо, а и работата ја контролираме со многу помалку луѓе. Но, ние сме далеку од Америка и затоа е тешко да се копира Мекдоналдс. Луѓето си имаат свои навики и свој начин на работа. Но, ние сме оптимисти и сметаме дека ќе успееме во оваа наша заложба“ вели Спасовски. Окта и Лукоил во земјава важат за најочигледен пример на успешна соработка помеѓу носителот и корисникот на франшизата. Нивните корисници иако ги кријат деталните услови
на договорот се фалат во врска со начинот на работа. Но, сепак станува збор за компании со доминантен странски капитал иако официјално се регистрирани во Македонија. Љупчо Којчиновски, сопственик на бензинска пумпа во Охрид која е брендирана како ОКТА вели дека искуството му покажало дека овој начин на работа е многу поефикасен и од аспект на ОКТА и од аспект на бензиските пумпи. „Јас сум работел и со и без франшиза. Овој начин дава финансиски привилегии и бренд кој застанува зад тебе. Точно е дека предусловите се ригорозни, но мислам дека на крај се исплаќа. Според моето искуство, ваков начин на работа би бил добар и за останати бизниси. Впрочем ако цел свет работи така, сигурно е профитабилно“, вели Којчиновски. nnn
Адвокатско друштво ДЕБАРЛИЕВ, ДАМЕСКИ И ЌЕЛЕШОСКА објавува оглас за вработување на
АДВОКАТ Ако сте амбициозни и сакате да бидете дел од тим на успешна и искусна адвокатска фирма која ќе ги цени вашите достигнувања и прогрес, доставете Ваше CV на македонски и англиски јазик на е-маил адреса на Адвокатско друштво Дебарлиев, Дамески и Ќелешоска (ДДК): ddk@ddklaw.com.mk ПОТРЕБНИ КАВАЛИФИКАЦИИ:
· ôąćĔĜĊđ ûĔąćĊđ ĘąĎėďĖĊĖ · ûĒďĒċĊđ ēĔąćĒĕėĉĊđ čĕēčĖ · ùąğĐąďĎė ĕĊĉėĐ ĈĒĉčđč ĔąĆĒĖđĒ čĕĎėĕĖćĒ ēĒ ēĒďĒċĊđ правосуден испит во адвокатска канцеларија/адвокатско ĉĔėĜĖćĒ · ûĒĕĊĉėćąġĊ đą ĐĊđąģĊĔĕĎč č ďčĉĊĔĕĎč ĕēĒĕĒĆđĒĕĖč · üąĎĒćĒĉĊġĊ ĕĒ ĖčĐ đą ąĉćĒĎąĖč č čďč ēĔčēĔąćđčĚč · íĎĖčćđĒ ēĒČđąćąġĊ đą ąđĈďčĕĎčĒĖ ğąČčĎ ēĒČđąćąġĊ č đą ĈĊĔĐąđĕĎč ğąČčĎ ĕĊ ĕĐĊĖą Čą ēĔĊĉđĒĕĖ · ùąēĔĊĉđą ĔąĆĒĖą ĕĒ ĎĒĐēğėĖĊĔ č /5 1H«EG · ïĒČąěĎą ĉĒČćĒďą î ĎąĖĊĈĒĔčğą ąĎĖčćĊđ ćĒČąě · üąĆĒĖđĒ čĕĎėĕĖćĒ ćĒ ĕďĊĉđčćĊ ēĔąćđč ĒĆďąĕĖč ĖĔĈĒćĕĎĒ ēĔąćĒ ĔąĆĒĖđč ĒĉđĒĕč ĒĆďčĈąĚčĒđč ĒĉđĒĕč ēąĔđčěđą ēĒĕĖąēĎą č ēĒĕĖąēĎą Čą čČćĔĜėćąġĊ ĒĆĊČĆĊĉėćąġĊ đą ēĒĆąĔėćąġą ĉąđĒěđĒ ēĔąćĒ ĈĔąĉĊġĊ č đĊĉćčċđĒĕĖč ĆąđĎąĔĕĎĒ č ĘčđąđĕčĕĎĒ ĔąĆĒĖĊġĊ ĊđĊĔĈĊĖčĎą ĎĒđĎėĔĊđĚčğą čđĖĊďĊĎĖėąďđą ĕĒēĕĖćĊđĒĕĖ ĊďĊĎĖĔĒđĕĎč ĎĒĐėđčĎąĚčč · ùąĉĒĐĊĕĖĒĎ đą ēĒěĊĖđą ēďąĖą ćĒ čČđĒĕ Ēĉ ĉĊđąĔč ïĊ ĐĒďčĐĊ ćĒ ïąĜĊĖĒ %8 đąćĊĉĊĖĊ Ĉč ïąĜčĖĊ ēĔąĎĖčěđč čĕĎėĕĖćą đą ĎĒđĎĔĊĖđč ēĔĒĊĎĖč Ēĉ ēĔąćđčĖĊ ĒĆďąĕĖč đąćĊĉĊđč ēĒĈĒĔĊ ēĒĖĒěđĒ ćĒ ĉĊďĒĖ ĕĒ đĊĒēęĒĉđčĖĊ ĔąĆĒĖđč čĕĎėĕĖćą đą ĎąđĉčĉąĖĒĖ
Рокот за пријавување е до 28 февруари, 2015 година.
Компатибилни и оригинални тонери и кертриџи со врвен квалитет, професионална услуга и брза испорака.
КРЕАТИВА.инк тел.+ 389 2 32 33 132 www.kreativa.ink
Капитал број 799 20.02.2015
24
www.kapital.mk
интервју
Константин Битраков член на Студентски пленум
Студентскиот пленум е пример како се бори за својата иднина! Новите генерации продуцираат личности со неверојатни способности и готовност да се борат за својата иднина. Тоа се докажа и преку формирањето на Студентскиот пленум, како сплет на индивидуи со различни погледи кои изнаоѓаат начини за заедничка борба. Во време на генерален молк на јавната сцена, кога граѓаните на една држава не чувствуваат дека општествените проблеми се доволно истакнати од интелектуалците и политичките елити, тие ги превземаа работите во свои раце и самите се организираа за да најдат решение на проблемите кои ги засегаат. Реалноста е дека студентите во Македонија стануваат значаен фактор во креирањето на политиките и донесувањето на значајните закони без притоа да се организираат во политичка партија. Тоа е можеби најдобриот предвесник за начинот на кој ќе се одвиваат процесите во државата во иднина.
www.kapital.mk
Капитал број 799 20.02.2015
25 Властите мора да бидат насочени кон развиток на демократијата и транспарентност во процесот на донесување одлуки, владеење на правото, почитување на принципот на поделба на власта, правната сигурност итн. Само со насочување на активностите кон развивање на овие вредности би се создало општество во кое младите ќе ја гледаат својата иднина. пишува
Александар Јанев
K
aleksandar.janev@kapital.mk
Кога граѓаните во едно општество не чувствуваат дека интелектуалците или политичките елити доволно се залагаат за решавање на нивните проблеми, тогаш тие ги преземаат работите во свои раце, вели во ова интервју за Капитал, Константин Битраков, член на Студентскиот пленум кој пред повеќе од една недела го „окупираше Универзитетот“ и одлучи да се бори за својата иднина дури и ако тоа значи студентските клупи да бидат и кревети за спиење и маси за јадење. Со зрелост несвојствена за млад студент и интелигенција што веројатно ги фрустрира повеќето интелектуалци во земјава, најдобриот студент на генерацијата 2013/2014, Битраков, вели дека тој и неговите колеги наместо да размислуваат како да избегаат од државата, решиле без отстапувања да бараат поправка на општеството во место во кое што младите ќе ја гледаат својата иднина. Интервјуто со Битраков, еден од членовите на Студенсткиот пленум го направивме додека трае окупацијата на универзитетите, со цел на јавноста да и ги приближиме ставовите и размислувањата за многу зчачајни теми на новата генерација која надоѓа и која е подготвена без никакви компромиси да се бори за подобар
живот и подобра иднина во Македонија. XX Добрата волја на власта да ги одложи реформите во високото образование не ве предомисли вас студентите да го „окупирате универзитетот“ односно да создадете „автономна зона“. Дали тоа значи дека не препознавате искрени мотиви кај Владата за решавање на проблемите во образованието? Непосредно по даденото ветување се јавија сомнежите во поглед на искреноста на намерите на Владата. Секако, постоеше надеж дека намерите се искрени и чесни, меѓутоа новите изјави на претставниците на Владата (Министерот за образование и неговиот Заменик) доведуваат до заклучок дека, сепак, не постои намера за отстапување од она што веќе е зацртано од страна на властите, независно од понудените аргументи и нивната издржаност. Имено, изјавата дека нема отстапка од надворешното (екстерното) испитување на студентите, како и од низа на други спорни одредби во Законот за високо образование, упатува на заклучок дека просторот за дискусија е мал, односно дека ставовите и аргументите поддржани од илјадници студенти не се доволни со цел властите во Македонија да отстапат. Поради тоа мислам дека сомнежите кои се јавуваат кај студентите се потполно поткрепени. XX Постои ли можност да се најдете на половина пат, односно која е точката во која може да се постигне компромис со власта? Во овој случај од досегашните дискусии би можело да се извлече заклучок околу тоа што е прифатливо за
студентите, а тоа е отстапка од зацртаните концепти со кои се внесуваат значајни измени во високото образование, бидејќи тие се внесуваат без опсежна анализа околу нивната оправданост. Клучното барање поставено од студентите е отфрлање на целокупниот пакет измени, со истовремено насочување кон создавање на нов Закон, при што студентите од Студентскиот пленум би биле консултирани во процесот на подготовка. Единствено на овој начин се овозможува донесување на Закон кој соодветствува на потребите и целите на високо-образовниот процес, со доследно почитување на автономијата на универзитетите, како клучен концепт кој е во тесна релација со демократијата, политичкиот плурализам и развитокот на индивидуална мисла и претстава за светот. XX Што е според Вас причината за ерозијата на квалитетот на високото образование во земјава и кои се според вас реформите што треба да се направат за да се скроти силното незадоволство кај студентите? Ценам дека констатациите во поглед на падот на квалитетот на високото образование во Македонија не се потврдени со податоци добиени од релевантни извори, преку соодветна анализа. Токму поради таа причина досегашните измени и дополнувања на Законот за високо образование се арбитрарни, односно може да се рече дека се донесени врз основа на непотврдени тези. Секако, вака донесените измени и дополнувања создаваат уште поголеми потешкотии во процесот на нивна имплементација. Единствено преку сеопфатна анализа властите во Македонија би можеле
www.kapital.mk
Капитал број 799 20.02.2015
26
интервју
да дојдат до издржани заклучоци во поглед на квалитетот на високото образование, кои пак, треба да овозможат создавање на нов, соодветен Закон за високото образование. Текстот на тој Закон би бил изготвен со цел пресретнување на потребите на студентите, професорите, како и воопшто (на највисоко ниво) универзитетите во Македонија. На тој начин би се намалило незадоволството на сите релевантни чинители во високо-образовниот процес, а следствено би се создале услови за градење на високо образование кое ќе соодветствува на стандардите на денешницата. XX Колку дисперзирањето на факултетите низ повеќето градови влијаеше да се дисперзира и квалитетот на образованието? Статистиката покажува дека иако бројот на факултети за осум години е зголемен тројно, „пазарот“ воопшто не покажа зголемена „побарувачка“ односно бројот на студенти остана ист. Кој има фајде од овие факултети ако не студентите? Дисперзирањето на факултетите низ повеќе градови е концепт кој, доколку е недоволно обмислен, доведува до ослабување на квалитетот на високото образование. Факултетите кои се отворија ширум земјата, ги немаат ниту најосновните услови кои би биле неопходни со цел да понудат квалитетно високо образование. Првенствено, недостасуваат соодветни кадри, односно лицата кои таму се вработени предаваат низа предмети, кои би требало да ги предаваат поголем број професори. Дополнително, просториите, книжниот фонд, како и целокупните услови не овозможуваат квалитетно образование, туку придонесуваат кон креирање на високо-образован кадар без потребните познавања од научните области. Производ на тоа што овие факултети не нудат соодветно образование се всушност статистичките податоци на кои укажувате.
Студентите во студентските домови живеат во услови под секое човечко ниво. Тие наместо да бидат сконцентрирани на сопствено научно усовршување и надградба, се трудат да најдат начини како да ги задоволат основните човекови животни потреби. Состојбите во студентските домови, всушност, се апсолутно најдобар показател дека властите не издвојуваат доволно средства за подобрување на студентскиот стандард. Македонските студенти, за разлика од нивните колеги ширум Европа и светот, немаат пристап до библиотеки кои ги содржат новите дела од извесна област, немаат електронски библиотеки, немаат ниту, пак, доволно средства да учествуваат на научни конференции, колоквиуми, семинари. Во такви услови, голем дел од младите настојуваат да ја напуштат државата, а својата иднина да ја градат во други земји. Ваквите состојби доведуваат до пропаѓање на нашето општество. XX Сметате ли дека власта доволно пари вложува во подобрување на студентскиот стандард? Може ли да се каже дека еден студент има солидни услови за студирање и живеење, особено ако студентот живее во некој од студентските домови? Напротив, сумите кои се вложени со цел подобрување на студентскиот стандард воопшто не соодветствуваат на сумите кои би биле оптимални. Студентите,
за разлика од нивните колеги ширум Европа и светот, немаат пристап до библиотеки кои ги содржат новите дела од извесна област, немаат електронски библиотеки, немаат ниту пак доволно средства да учествуваат на научни конференции, колоквиуми, семинари. Истото се однесува и на професорите, кои во недостаток на средства немаат можности за истражувања какви од нив се очекуваат. Сиве овие факти се причинско - последично
поврзани. Во студентските домови, како што е познато во целокупната јавност, студентите живеат во услови под секое човечко ниво. Во такви услови студентите наместо да бидат сконцентрирани на сопствено научно усовршување и надградба, тие се трудат да најдат начини како да ги задоволат основните човекови животни потреби. Состојбите во студентските домови, всушност, се апсолутно најдобар показател дека властите не
www.kapital.mk
Капитал број 799 20.02.2015
27 издвојуваат доволно средства за подобрување на студентскиот стандард. XX Пристапот во борбата за Универзитетот покажува дека ја гледате и широката слика за општеството. Дали од оваа Z“ генерација, прва родена во целосно компјутеризиран свет, и како таква, поотпорна на индоктринацијата од мас медиумите, можеме да очекуваме заложби за коренити промени во општеството? Што е тоа што треба да се реформира? Генерациите кои сега се во студентските или, пак, средношколските клупи се израснати во свет, значајно различен од дотогаш познатиот. Овие генерации имаат пристап до огромен број податоци што само до пред една деценија било незамисливо. Таквата преплавеност со податоци и информации од една стана доведува до „зашеметеност“, поради неможноста тие да се процесираат. Меѓутоа, несомнено, постои и позитивен ефект на таквата преплавеност со податоци. Тој позитивен ефект е всушност своевидната отпорност на новите генерации кон индоктринации од мас-медиумите. Независно од тоа какви податоци се пласираат од страна на масмедиумите, Интернетот и виртуелниот свет секогаш овозможуваат изнаоѓање на различни информации и податоци, со што се остава доволно простор за трагање по вистината и развивање на критички настроена мисла. XX Има ли храброст „свежата крв“ меѓу студентските клупи да создаде или, пак, да прерасне во политичка партија со цел да се доведе до позиција од која ќе зависат реформите? Новите генерации, несомнено, продуцираат личности со неверојатни
способности, како и готовност да се борат за својата иднина. Тоа се докажа преку формирањето на Студентскиот пленум, како сплет на индивидуи со различни погледи, кои сепак изнаоѓаат начини за заедничка борба. Претпоставувам дека меѓу тие илјадници индивидуи постојат и такви кои ќе создадат политички партии или, пак, ќе се приклучат кон веќе постоечките, со што ќе придонесат во креаирањето на политиките. Меѓутоа, токму она што овој пат е различно е тоа што студентите станаа значаен фактор при креирањето на политиките и донесувањето на регулативата, а без организирање во политичка партија. Можеби тоа е предвесник за начинот на кој би се одвивале процесите во иднина. XX Јавноста има впечаток помладите генерации овде хибернираат, до првата можност да се иселат од државата. Како да се спречи „белата чума“? Впечатоците на јавноста се целосно вистинити. Факт е дека голем дел од младите без разлика на се настојуваат да ја напуштат државата, а својата иднина да ја градат во други земји. Ваквите состојби доведуваат до пропаѓање на нашето општество. Тоа укажува на нужноста за преземање на мерки со цел задржување на младите во Македонија. Меѓутоа, говориме за длабоки и далекусежни реформи, а не за мерки кои само навидум ги неутрализираат проблемите. Властите мора да бидат насочени кон развиток на демократијата и транспарентност во процесот на донесување одлуки, владеење на правото, почитување на принципот на поделба на власта, правната сигурност итн.
Само со насочување на активностите кон развивање на овие вредности би се создало општество во кое младите ќе ја гледаат својата иднина. Во спротивно, би можеле да се постигнат привидни резултати, кои на крајот повторно ќе доведат до зголемување на одливот на млади луѓе од државата. XX Факт е дека интелектуалците во земјата досега не покажаа дека имаат моќ да мобилизираат за која и да е општествено потребна кауза. Што е причината за тоа? Може ли нивното држење настрана (и опортунизам), дури и тогаш кога тоа е морално недозволиво, да се оправда само со степенот на политизираност на општеството? Интелектуалците до сега во низа наврати пропуштија можност навреме да го кренат својот глас. Причини за тоа има многу, а претпоставувам дека во тоа држење настрана голема улога има и поставеноста на односите во Македонија, односно степенот на слобода при изразувањето на мислењето. Меѓутоа, можеби целото тоа држење настрана, односно тој генерален молк на јавната сцена, каде само мала група на индивидуи реагираше за проблемите кои постојат е главната причина што го поттикна организирањето на студентите, а потоа и универзитетските професори, средношколците и нивните наставници. Во состојба во која граѓаните на една држава не чувствуваат дека општествените проблеми се доволно истакнати од интелектуалците и политичките елити, тие прибегнуваат кон преземање на нештата во свои раце и самите се организираат со цел соочување со тие проблеми. nnn
www.kapital.mk
Капитал број 799 20.02.2015
28
Капитал анализа
Кои државни институции и за што најмногу се рекламираат?
За три години потрошени 20 милиони евра за државни реклами и кампањи пишува:
Н Габриела Делова
gabriela.delova@kapital.mk
Нешто повеќе од 2 милиони евра потрошила Владата минатата година на кампањи, реклами и огласи. Само за кампањи се потрошени 1,9 милиони евра, додека остатокот се
потрошени за огласување и рекламирање. Меѓу институциите кои најмногу трошат за оваа намена води Генералниот секретаријат на Владата, кој во изминатата 2014 година потрошил вкупно 1,5 милиони евра за разно разни кампањи. По него следува Јавното претпријатие за државни патишта кое за медиумска кампања потрошило 105 илјади евра. За истата намена Агенцијата за катастар, пак потрошила 96 илјади евра. По нив следуваат Државната изборна комиија, која, за кампањата за подигнување на свеста на граѓаните за
гласање на претседателските и предвремените парламентарни избори, кои се случија лани, потрошила 71 илјада евра. Министерството за правда на маркетинг и ПР кампања лани потрошило 29 илјади евра, а Секретаријатот за европски прашања само 8 илјади евра. Инаку, праксата на Владата јавно да објавува колку пари потрошила на владини кампањи започна од минатата година, кога ги соопшти сумите потрошени за 2012 и 2013 година. Тогаш од Владата соопштија дека вкупно за овие две наведени години се потрошиле 18 милиони евра за реклами и
кампањи. Дел од новинарските здуженија тогаш ја повикаа власта да запре со трошење пари за оваа намена, бидејќи како што тврдат тие, овие кампањи воопшто не се од интерес за граѓаните, а дополнително го рушат и рекламниот и медиумскиот пазар. Досега нема направена никаква еваулација за ефикасноста од кампањите.
За какви кампањи трошела државата пари?
Подигање на свеста на граѓаните за реформата на јавната администрација, за здравата исхрана, за улогата на граѓанинот во сообраќајот
Кампањи 2014:
И општините се рекламираат
XX Кампања за здрава исхрана - 550 илјади евра XX Кампања за улогата на граѓанинот во сообраќајот - 470 илјади евра XX Кампања за реформа на јавната администрација 300 илјади евра XX Истражи ја Македонија 14 илјади евра
свен државните институции, во изминатата година и дел од општините трошеле пари на рекламирање и огласи во медиумите. Според информациите на бирото за јавни набавки, лани се огласувале само три општини-Аеродром, Прилеп и Карпош. Сите заедно потрошиле 140 илјади евра. Од нив најмногу потрошила општина Прилеп, која платила 58.500 евра на рекалмирање и огласување во медиумите. Општина Аеродром и Карпош потрошиле по 41 илјада евра. Последните две општини закупиле простор во МПМ и Вечер, додека пак општина Прилеп се рекламирала и огласувала на неколку прилепски телевизии, весници и интернет портали. Најмногу средства од општините, вкупно 55 илјади евра добила медиумската групација МПМ, а по нив следи Вечер каде се слеале 27 илјади евра.
О
www.kapital.mk
Капитал број 799 20.02.2015
29 ИНСТИТУЦИИ КОИ ТРОШЕЛЕ СРЕДСТВА ЗА КАМПАЊИ, РЕКЛАМИ И ОГЛАСИ ВО 2014 Институции Генерален Секретаријат Јавното претпријатие за државни патишта Агенција за катастар Државна изборна комисија Министерство за правда Секретаријат за европски прашања Министерство за култура Агенција за катастар Министерство за правда Царинска управа Собрание Министерство за образование Служба за општи и заеднички работи
Сума 1,5 милиони евра 105 илјади евра 96 илјади евра 71 илјада евра 29 илјади евра 8 илјади евра 65 илјади евра 19 илјади евра 23 илјади евра 8 илјади евра 7 илјади евра 6 илјади евра 1 илјада евра
Кампања/реклама осмислување на кампањи медиумска кампања медиумска кампања кампања за изборите маркетинг и ПР кампања кампања за ЕУ огласи во весници огласи во весници огласи во весници огласи огласи огласување на веб банер реклама во странски весник
КОИ АГЕНЦИИ ГИ ИЗРАБОТИЛЕ КАМПАЊИТЕ И РЕКЛАМИТЕ Агенција Њу Момент Аквариус Дизајн Република Маркет Висон ДМУ Таг комуникации Дооел ПОИНТЕР ДООЕЛ ОМЕГА КОМУНИКЕЈШН ДООЕЛ АДВЕНТИЏ ДОО СКОПЈЕ
Тендери 3 4 2 4 1 1 1 1
Сума 560 илјади евра 335 илјади евра 293 илјади евра 216 илјади евра 29 илјади евра 45 илјади евра 79 илјади евра 71 илјади евра
Нешто повеќе од 2 милиони евра потрошила Владата минатата година на кампањи, реклами и огласи. Само за кампањи се потрошени 1,9 милиони евра, додека остатокот се потрошени за огласување и рекламирање. Ако на ова се додаде вкупната потрошена сума за рекламирање, која лани ја соопшти Владата за 2012 и 2013 година, се добива вкупна сума од 20 илјади евра, потрошени само за три години за оваа намена. Во меѓувреме, еваулација за ефикасноста од кампањите се уште нема. и „Истражија Македонија“, се кампањите на кои државата изминатата година трошела милионски суми. Најскапа била кампањата за подигање на свеста на граѓаните за здрава исхрана, која лани ја чинела државата нешто повеќе од пола милион евра, односно 550 илјади евра. По неа следи кампањата за улогата на граѓанинот во сообраќајот, за која лани се потрошени 470 илјади евра. Нешто помалку, односно 300 илјади евра потрошила државата на
кампањата за реформа на јавната администрација, а најмалку пари се потрошени за кампањата Истражи ја Македонија, за која, лани биле одвоени 14 илјади евра.
Кои агенции ги добиле тендерите? Њу Момент, Омега Комуникејшн, Аквариус дизајн, Маркет Вижн, Република се само дел од маркетинг агенциите кои ги добиле тендерите за осмислување на кампањи за потребите на Владата и државните институции.
Најмногу пари се слеале кај Њу Момент која лани за кампањи добила три тендери во вредност од 560 илјади евра. По нив следи маркетинг агенцијата Аквариус Дизајан од Скопје, која добила четири тендери во вредност од 335 илјади евра. Следи Република која добила два тендери во вредност од 293 илјади евра и на крај Маркет Вижн, која добила четири тендери во вредност од 216 илјади ера. Останатите агенции добиле по еден тендер чија вредност е помала од 100 илјади евра. nnn
Кој и каде се рекламирал?
О
свен на кампањи, државните иснтитуции лани трошеле и на закупување на медиумски простор за рекламирање и огласување. Во текот на изминатата година, за оваа намена се потрошени 130 илјади евра, а се рекламирале и огласувале Собранието, Министерството за култура, Министерството за правда, Министерството за образование, владината Служба за општи и заеднички работи, Агенцијата за катастар и Царинската Управа. Најмногу пари за реклами и огласи потрошило Министерството за култура, вкупно 65 илјади евра. По него е Агенцијата за катастар која потрошила 19 илјади евра. Министерството за правда потрошило 23 илјади евра, Царинската управа 8 илјади евра, Собранието 7 илјади евра, Министерството за образование речиси 6 илјади и на крај е Службата за општи и заеднички работи која потрошила нешто помалку од илјада евра. Медиумите во кои се огласувале овие институции се МПМ (Медиа принт Македонија) во чиј состав се весникот Дневник, Утрински весник и Вест, потоа во весникот Вечер, весникот на албански јазик Коха, ЕМ Медиа, Репро Принт, како и британскиот весник Economist.
www.kapital.mk
Капитал број 799 20.02.2015
П 30
интервју
XX Почитувана г-ѓа Опершал, темата на семинарот на кој ќе гостувате е „Грижата за корисниците како маркетинг алатка“. За што точно станува збор? Како резултат на глобализацијата и расположливата информатичка технологија, клиентите денес имаат многу поголем избор кога бараат производ или услуга. Затоа станува се потешко за компаниите успешно да ја позиционираат својата понуда на пазарот. Во многу случаи "хардверот" не може да биде навистина уникатен и да го нуди најдоброто, односно најниската цена може брзо да стигне до точка кога станува непрофитабилно. Исто така, клиентите гледаат поврзаност помеѓу цената и вредноста на некој производ, тоа е причината зошто на пример луксузен бренд парфем може да се продава по 10 пати поголема цена од цената на некој непознат производ. Затоа, понудите со многу ниска цена, можат многу лесно да ја намалат перцепцијата на клиентите за нивната вредност, и во тој случај тие ги сметаат овие производи за обични артикли. Затоа верувам дека овозможувањето на вистинско искуство во текот на "патувањето на клиентите" може да направи разлика. Маркетинг секторите може и треба тесно да соработуваат со секторите задолжени за услуги на клиентите како предуслов за започнување на успешни иницијативи за услуги на клиентите во нивните маркетинг кампањи. XX Имате големо искуство во заштита на клиентите и анализирање на нивното однесување. Зошто е важно за бизнисот мислењото на клиентите? Денес повеќето клиенти се подобро информирани, бараат повеќе и имаат многу
Барбара Опершал извршен директор на Speech Code GmbH
Со клиентите треба да создадете емоционална врска! Во организација на АмЧам Македонија следната недела, на 26 февруари ќе се одржи семинар на тема „Услугата на клиентите како маркетинг алатка“. Главниот говорник на овој семинар е Барбара Опершал , долгогодишен извршен директор на Бест Вестерн Централна Европа која има и огромно искуство во туристичката дејност во Австрија, Италија и Јамајка. Во ексклузивно интервју за Капитал, Опершал ви нуди совети како да ја градите врската со вашите клиенти и како грижата за нив да ја користите како маркетинг алатка помалку трпение споредено со пред 10 години. Повеќе не е доволно само да се има општо познавање за тоа кои се вашите клиенти и кои од вашите производи се продаваат најдобро на вашиот пазар. Вие треба да знаете, како дознале за вашиот производ, зошто го избрале и што е најважно колку се задоволни од него. Клиенти се подготвени да ги споделат своите идеи и очекувања со вас, кои може да бидат многу вредни за идните стратегии. Но, мора да ги слушате вашите
клиенти и потребно е да воспоставите системи за да го сторите тоа. Особено жалбата која се однесува на управувањето мора да биде разгледана со посебно внимание. Јас ги сметам жалбите како совршени шанси за: да го подобрите вашиот производ, услуга или внатрешните процеси и позитивно да го изненадите клиентот со вашата реакција на неговата жалба. Многу често справувањето со некоја жалба може да претвори еден не многу задоволен клиент во ваш најголем обожавател.
XX На каков се начин компаниите може да го искористат однесувањето на клиентите за свои цели и свој бенефит? Интеракцијата и размената на информации со тековниот клиент се задолжителни, треба да се работи на воспоставување на емоционална врска, на правењето вашиот производ да има "љубовен знак", да ги земе предвид ставовите и очекувањата на клиентите за постојано подобрување на нивниот производ и услуги. Средства за да го сторат
www.kapital.mk
Капитал број 799 20.02.2015
31 тоа очигледно ќе зависат од видот на производот или услугата како и од возраста, културата и образованието на клиентите. Овие средства може да варираат од социјалните медиуми, преку печатената комуникација, па се до кол центрите, но и од различните интерни методи за осигурување на квалитетот и обуки на вработените. Една препорака во овој контекст, немојте да ги фокусирате сите маркетинг активности на изнаоѓање на нови клиенти, туку подеднакво да се концентрирате на водење сметка и за оние кои веќе ги имате! Пр. австриските телеком компании трошат богатство на промовирање на нивната понуда за "посебни тарифи плус бесплатен паметен телефон" при потпишување на нов договор. Од друга страна веќе постоечки клиент, кој е лојален со години, мора да плати најмалку 400 € за да добие нов паметен телефон. Тие ги казнуваат своите лојални клиенти, а воедно бараат нови кои што постојано менуваат договори - со објаснување дека конкуренти го прават истото. Мојот совет е: Немој само да бидете следбеник на вашите конкуренти, подобро бидете иновативни и поинакви. Бидете искрени со вашите клиенти и ценете ги нивните бизниси. XX Бевте извршен директор на синџирот хотели Бест Вестерн во Централна Европа. Што значи да се биде на чело на еден ваков меѓународно познат синџир хотели? Јас секогаш сум бил фасцинирана од уникатниот концепт на Бест Вестерн за креирање на силен, глобален чадор за хотели кои се управувани и во туѓа сопственост низ целиот свет. Бест Вестерн им нуди на своите членови хотелиери силен бренд, глобални алатки за комуникација, технологии и know-how. Освен утврдените неопходни стандарди, хотелите можат и треба да ја понудат локалната оригиналност на нивната дестинација. Гостите можат да имаат корист од меѓународната програма за лојалност и резерваци, но воедно да уживаат во уникатното, локално
гостопримство. Мојата улога беше да се биде "регионален линк" помеѓу седиштето на компанијата лоцирана во САД и хотелиерите во Австрија, Унгарија , Чешка, Словачка, Словенија, Хрватска, Србија, Црна Гора и Македонија. Ова вклучуваше дополнителни регионални активности и модификација на глобалните и на пан-европските активности согласно регионалните барања. XX Колку се разликуваат концептите на работа, од држава во држава, од континент на континент? Очигледно е дека постојат културни разлики во работните концепти. На пример, во САД обично постојат тимови и работни групи на сите нивоа, кои се подготвуваат и одлучуваат за сите прашања. Во земјите од источна Европа, одлуките често ги носи само сопственикот на компанијата или генералниот директор. Американците се исклучително љубезни во нивната бизнис комуникација, додека европејците јасно кажуваат што не им се допаѓа и понекогаш се гласни и жолчно дискутираат, но потоа, сепак тие се сè уште пријатели во барот ... Организационата поставеност во некои земји се разликува според хиерархијата и овластувањата кои им се даваат на вработените. Друг пример се распоредите и исклучоците од правилата. Американците, Германците и северно Европејците ги ажурираат своите распореди до минута и ги следат правилата во детали, додека
во другите земји, нормално е средбата да започне со 15-20 минути задоцнување и да се менуваат правилата според индивидуалните потреби. XX Кои беа предизвиците со кои се соочувавте? Најголемиот предизвик беше да се направи вработените од седиштето на компанијата да ги сфатат посебните потреби на хотелиерите во нашиот регион и обратно. Во седиштето ја гледаат само големата слика, а секој хотелиер сака да ги поддржи само оние иницијативи од кои ќе има јасна корист неговиот/ нејзиниот хотел. Изнаоѓањето на компромиси беше една од моите примарни задачи, но се чувствував уште попријатно кога ќе успеев во напорите. XX Во моментот сте извршен директор на Speech Code GmbH во Виена. Може ли да ни кажете нешто повеќе за оваа технологија? Speech Code е иновативна технологија која може да ја направи секоја информација аудитивна. Тоа е база на податоци која може да содржи до 8 страници текст. Имено текстот се скенира со бесплатна апликација за паметен телефон, скенираниот текст го прикажува на екранот и може да го чита. Неговата примена е широка и се движи од летоци кои се вметнати во кутиите на фармацевтските производи, преку упатствата за употреба и материјалите кои се раздаваат по рестораните, па се до менијата во рестораните и информациите за туристите, во зависност од интересот – нешто како детален аудио водич за
секаде. Во основа секоја компанија може да ја користи Speech Code технологијата доколку сака на економичен и флексибилен начин да ги направи своите (печатени) информации подостапни и за лицата со оштетен вид и слепите лица, а се со цел да го усогласи своето работење со легислативата на ЕУ против дискриминацијата која ќе се применува од 1 јануари 2016 година.Услугите за клиентите не се разликуваат многу од другите индустрии, бидејќи сепак клиентите се луѓе. Луѓе, кои се очекуваат да бидат ценети, да се третирани со чесност и почитување и најмногу од сè - во случај на проблеми - да им се помогне на пријателски, брз, професионален и благороден начин. Исто така, ние нудиме можност за бесплатни консултации, покрај основното упатство за користење, за да се осигуриме дека корисниците максимално ќе ја искористат Speech Code технологијата. Бидејќи тоа е нов начин на комуникација, кој што не секогаш е целосно разбран, ние дури понекогаш препорачуваме потенцијалните клиенти да одберат нешто комплетно поразлично, за кое ние сметаме дека подобро ќе одговори на нивните потреби. Подобро би изгубила такви потенцијални клиенти отколку да го искористам нивното незнаење за една продажба, која ќе го направи несреќен. Таквите луѓе ги ценат искреноста и советот и иако тие нема да купат лиценца за Speech Code, сепак ќе го препорачаат на други. nnn
www.kapital.mk
Капитал број 799 20.02.2015
E 32
Луѓе и компании
Економските теоретичари и практичари веќе со години го повторуваат истото – компаниите мораат да бидат креативни, бидејќи кој не се менува, изумира. Но, истите тие компании, набрзо открија како креативноста може да стане „кал“ кој бара жртви. Во согласност со експлозивниот раст на новите технологии и знаења, се развија и сознанијата како да се поттикне иновативноста и креативноста. Џенифер Милер, професорка на Универзитетот во Сан Диего, тврди дека уште поголем проблем од смислувањето нови идеи, е оној чекор во којшто некој треба да ја препознае таа идеја, на која би и се дала пазарна можност. Попрецизно, истражувањето кое во 2013 година го спровела Милер во соработка со колегите, Џеф Ловенштајн од Универзитетот во Илиноис и Џенифер Дил од Центарот за креативно водење во Сан Диего, покажало дека голем дел од креативните идеи се запрени од средниот и високиот менаџерски кадар, кој се „сопнува“ на самата дефиниција за креативност и иновативност. Анализирани се компаниите, кои во подготовката имале десетици нови производи. Запрашни биле средните менаџери, надзорниците и креативниот погон, да ја оценат секоја идеја спрема обемот на креативност, изводливоста и профитабилноста. После тоа, корисниците биле прашани колку им е привлечна секоја идеја. Купувачите ги одбрале најкреативните производи, но тоа не биле оние за кои менаџерскиот тим мислел дека ќе бидат најисплатливи и најизводливи. Така се покажало дека многумина во компаниите ги издвоиле „погрешните“ идеи, односно на купувачите неважни им биле својствата на
Што да направите кога купувачите се “мртви ладни“ за вашата генијална идеја производите. Оттука, лесно може да се заклучи дека многумина пропуштиле можност за пласирање на вистинските „хитови“ на пазарот во светот.
Како да ја „измерите идејата“
Истражувањето на Милер покажало дека насоченоста кон изводливоста, може да го отежне препознавањето на креативноста. „Веруваме дека главната причина поради којашто постои склоност кон изводливоста е во тоа што новите идеи вклучуваат повеќе непознаници. Главниот извршен директор – ЦЕО-то посакува да види конкретни информации и да ја одреди одржливоста на идејата, но кога се работи за најновите идеи, тоа е толку тешко да се измери, што е речиси невозможно. Ако носителот на одлуката ја прифаќа неизвесноста, односно ако
смета дека постојат повеќе можни решенија, можеби ќе биде помалку подложен да ги одбие креативните идеи“, тврди Милер.
Што всушност е креативност?
Се покажало дека луѓето имаат различни мислења за тоа што е креативно, што и не е некоја ревулуционерна новост, но Милер предупредува дека откриле нов елемент. „Долго време теориите за креативност сугерираа дека проценката на креативноста се темели на стручност, но ние откривме дека двајца луѓе со еднакво искуство, ја гледаат и проценуваат креативноста доста различно, а разликата се темели на нивниот ментален склоп или чувство на несигурност. Досегашните теории не ги почитуваа начините на размислување“, објаснува Милер, а запрашана дали
постои прифатена дефиниција за тоа што е креативна идеја, вели: „Пронајдовме триесетина знаци коишто луѓето ги користат за да ја идентификуваат креативноста. Некои луѓе се потпираат на потесен, а некои на поголем збир од знаци. За дваесет отсто од нашите испитаници, кој било од тие знаци можат да создадат креативност. Од сите знаци, седум вклучуваат новост, а многу ретко, другите имаат идеја за масовниот пазар. Изводливоста е исто така назначена, но не се појавува доследно. Различните знаци во процената на креативноста, предизвикуваат различен учинок во реалноста. Менаџерите честопати споменуваат дека сакаат иновативност, а многу вработени се спремни тоа да го понудат. Но управникот или оние коишто
www.kapital.mk
Капитал број 799 20.02.2015
33 ги создаваат идеите, сметаат дека креативноста е најчсто различна. Истражувањето покажува дека луѓето кои работат во иста работна околина се склони да размислуваат еднакво за тоа што значи креативноста, но постои разлика во погледот помеѓу групите. Потоа, осмислувачите на идеи можат да произведат една верзија на креативност, да донесат одлука различна од другите, а резултатот е нешто што потрошувачите мислат дека е здодевно, па тоа не се продава.
Можат ли да се намалат грешките?
„Пред се, компаниските шефови мора да бидат свесни за сите посебни знаци како би истакнале еден, или пак би ја намалиле важноста на другите, но не може да се каже да сакаат иновативност или креативност, бидејќи тие секогаш се речиси нејасни. Во многу компании проблемот за одредување на креативниот производ
Стив Џобс: “Само вие направете го невозможното, после е лесно“
С
тив Џобс, нагласува Милер, беше познат по својата теорија „полиња на изобличена реалност“, која што, применета изгледала вака: Џобс едноставно би рекол: „Одиме да направиме нешто ново!“. Вработените шокирано би запрашале како да го изведат невозможното, а тој би одговорил: „Само вие направете го тоа.“ Останатото е историја. Според тоа, можеби тој момент ја поттикнал креативноста во неговата компанија, бидејќи изводливоста така станала помалку моќна.
Американско истражување покажало дека голем дел од креативните идеи се запрени од средниот и високиот менаџерски кадар, кој се „сопнува“ на самата дефиниција за креативност и иновативност. кој купувачите со време го прифаќаат, предизивикуваат пораз којшто може да се опише со реченицата: Ако креативноста е толку тешко да се создаде, препознае, или одреди, зошто тогаш да
истраеме? Милер објаснува дека причината поради која секоја нова идеја вклучува многу неизвесност, автоматски е „подбивање“ во очите на оние коишто треба истата да ја остварат.
Според сето тоа, Милер и нејзиниот тим се надеваат дека ова истражување ќе помогне во воспоставување на целосна теорија, која што ќе го олесни откривањето на креативните идеи. nnn
ˁ̯̦̖̦̌̍ ̡̛̬̖̯̔ • ʰ̨̦̭̚ ̦̌ ̡̛̬̖̯̔͗ ̨̔ ϭϬϬ͘ϬϬϬ͕ϬϬ ̖̬̏̌ • ˀ̨̡ ̦̌ ̨̯̪̣̯̌̌͗ ̨̔ Ϯϱ ̨̛̛̦̐̔ • ʶ̥̯̦̌̌̌ ̡̭̯̪̌̌͗ ϰ͕ϰϰ й ̴̡̛̭̦̌ ̌̚ ̛̪̬̯̖̏ ϰ ̨̛̛̦̐̔
№4
ɂɧɮɨ ɰɟɧɬɚɪ www.unibank.com.mk ɉɪ Ɇɟɫɟɱɧɚɬɚ ɪɚɬɚ ɢɡɧɟɫɭɜɚ ɟɭɪ ɡɚ ɤɪɟɞɢɬ ɟɭɪ ɫɨ ɪɨɤ ɧɚ ɨɬɩɥɚɬɚ ɝɨɞɢɧɢ ɢ ɮɢɤɫɧɚ ɤɚɦɚɬɧɚ ɫɬɚɩɤɚ ɧɚ ɝɨɞɢɲɧɨ ɧɢɜɨ ɜɨ ɩɪɜɢɬɟ ɝɨɞɢɧɢ ɋɨ ɟɞɧɨɤɪɚɬɧɢɨɬ ɚɩɥɢɤɚɬɢɜɟɧ ɬɪɨɲɨɤ ɟɭɪ ɋȼɌ ɢɡɧɟɫɭɜɚ ɧɚ ɝɨɞɢɲɧɨ ɧɢɜɨ ɈɜɢH ɭɫɥɨɜɢ ɜɚɠɚɬ ɡɚ ɤɥɢɟɧɬɢ ɫɨ ɩɥɚɬɚ ɩɪɟɤɭ ɍɇɂȻɚɧɤɚ ɞɨ ɝɨɞ
Капитал број 799 20.02.2015
34
www.kapital.mk
интервју
Андрија Чолак основач на Surf ‘n’ Fries
Американците ја измислија брзата храна, а ние ќе им ја продаваме на нивни терен! Ексклузивно за Капитал, приказната за вртоглавиот успех на Surf’n’Fries, најбрзо растечката франшиза за брза храна во регионов, а од скоро присутна и во далечниот Виетнам! Како младите Хрвати успеаја да го рашират својот бизнис во 12 држави досега, и на едноставен производ како помфритот да му дадат иновативност и креација.
www.kapital.mk
Капитал број 799 20.02.2015
35 пишува
Игор Петровски
Б
igor.petrovski@kapital.mk
Дејан Азески
dejan.azeski@kapital.mk
Брендот што деновиве отвори симпатичен дуќан во центарот на Скопје, најпознат по компирчињата печени на врел воздух, не доаѓа ниту од западна Европа, ниту од САД. Андрија Чолак и Денис Полиќ, творците на Surf’n’Fries се од Риека, Хрватска, претходно познати по својот весник за недвижности, првото специјализирано издание од таа област во земјата. Со помфритот почнаа во 2009та, во скромно локалче од 27 квадрати во родниот град, за денес да ја продаваат својата франшиза во преку 10 земји од светот, дури и во далечниот Виетнам. Дома се веќе познати како “кралеви на помфритот“, а нивната претприемачка страст не завршува тука. Паметниот чадор што не ви дозволува да го заборавите е најнов производ од нивната лабораторија за иновации. Со едната половина од тандемот, Андрија Чолак, разговаравме во нивната прва македонска продавница, која што всушност е инвестиција на локален франшизер, инаку познат македонски бизнисмен. XX Како почна приказната за Surf’n’Fries? Имавте ли претходно искуство во бизнисот? Surf’n’Fries не е наше прво претприемачко искуство. Уште во 2003 година јас и Денис го стартувавме првиот специјализиран весник за недвижности, односно огласи за нивна продажба, наречен “Infonekretnine”. Јас во тоа време завршував со студии по маркетинг во Канада и таму ја добив идејата за вакво списание,
кое што е фокусирано само на една работа, но која што ќе ја правиме многу подобро од сите огласници до тогаш. Обично тоа беа огласници за сè и сешто, а ние имавме само станови, куќи и деловни простории, сето тоа со модерен печатарски дизајн, со фотографии во боја. Почнавме од ништо, буквално од ништо, имавме пари само за да ја регистрираме фирмата. Првиот број од списанието имаше само 32 страници, од кои што 12 беа реклами за нас, но малку по малку растевме и за пет години Infonekretnine стана магазин од преку 100 страници, кој што одлично се продаваше. Тој период во прилог ни одеше и бумот на пазарот за недвижнини, па охрабрени од успехот, лансиравме уште едно списание, CREM (Croatian Real Estate Magazine), кое третираше само ексклузивни недвижнини во Хрватска. Во 2008-та целиот проект го продадовме на Plavi oglasnik од Загреб, кој потоа пак беше купен од турскиот издавач Huriet. XX Значи оттаму ви е всушност капиталот за Surf’nFries? А, зошто од издаваштво, се префрливте во брза храна? Како ви дојде таа идеја? Да, за разлика од нашиот прв бизнис, за вториот веќе имавме почетен капитал, немаше потреба да молиме никого, да трчаме по банки и сл. А, приказната за Surf’n’Fries тргнува од нашиот роден град, Риека, каде што уште во 70-те и 80-те години имаше еден помфрит бар, своевидна атракција во градот. Се работеше за едноставна ‘old school’ продавница за пржени компирчиња, каде што тие се ставаа во еден фишек од хартија и одозгора се ставаше кечап и мајонез. Просто, но многу популарно. Затоа, ние си рековме ајде да направиме фаст- фуд концепт, кој што исто како и со весникот за недвижнини, ќе биде специјализиран за една работа, во случајов помфрит, но сега на поинаков начин. Нешто како повторно “измислување“ на помфритот. XX Зошто токму името
Совет до претприемачите Кратко и јасно: да се фрлат во оган и да се снаоѓаат по пат. Претприемништвото е една голема авантура. Моето искуство кажува дека колку повеќе размислувате толку потешко ќе тргнете во бизнис. Затоа треба помалку да се размислува, а повеќе да се делува. Верувајте, кога го стартувавме весникот за недвижности, ние едвај имавме пари да регистрираме фирма. На нашите простори, а и во светот генерално, банките не финансираат стартапи. За тоа постојат венчр капитал фондови, бизнис ангели и сл., што на Балканот и не функционираат баш многу. Па, ние се снаоѓавме како знаевме и умеевме. Претприемништвото е возбудливо, но не е лесно. Работите главно не одат како подмачкани, денес си должен, утре ти должат, еднаш си пред банкрот, друг пат размислуваш како да го шириш бизнисот. Тоа е една тешка борба, секој ден. Surf’nFries? Првото име што ни падна на памет беше Рипомфрит, од Риечки помфрит. Веројатно ако останевме на тоа име денеска немаше да продадеме ниту една франшиза надвор од Хрватска. Surf ‘n’ Fries e име што звучи интернационално. Ние и двајцата сакаме сурфање на бранови, родени сме покрај море, па некако се спои сето тоа. На тој начин на брендот му додадовме една нова креативна платформа околу сурфањето. Затоа на нашиот дизајн може да се види хибискусот како хавајски цвет и симбол на сурферите. Но, кога излеговме со овој назив, бевме многу критикувани од бранителите на хрватскиот јазик. Но, нас тоа воопшто не нè засегаше. Ние ја гледавме бизнис логиката, односно тоа што може да помине на меѓународниот пазар. Многу грешат луѓето кога мислат дека пазарот ќе се прилагоди на нив. Не, туку претприемачите се тие кои треба да се прилагодат на пазарот и не постои друг начин за успех.
Сакаме брзата храна да ја направиме што е можно поздрава XX Како успеавте од толку едноставен производ да направите хит на пазарот? Што е тоа клучното што ве разликува од конкуренцијата? Па, тргнавме од самата амбалажа. Сите знаеме дека на стандардно пакуван помфрит кога ќе ставиме кечап, мајонез и сл., тие ќе ги покријат само горните компирчиња, и после е тешко да ги измешате со останатите. И што направивме? Го задржавме оној конусен облик на кутичето, и на него додадовме држачи за чашките во кои што нудиме разни сосови за со помфритот. Но, што кога со помфритот ќе земете и некој пијалак? Тогаш повторно ќе ве фати нервоза затоа што и двете раце ќе ви бидат зафатени. И затоа додадовме уште еден дел на амбалажата, оној за држење на чашата. Набргу луѓето почнаа да бараат и нешто друго за јадење, некакво месо и сл. Па додадовме и пилешко, и со тоа уште еден
www.kapital.mk
Капитал број 799 20.02.2015
36
интервју
Хрватска е мал пазар, а Македонија уште помал. Значи секој претприемач од почеток треба да размислува за проширување надвор од домашниот пазар. Ако се фокусирате само локално, тогаш однапред сте неодржливи како бизнисмен.
држач. На крајот добивме амбалажа која може да ја држите со една рака, а во која имате цел оброк. Оваа своевидна иновација го направи Surf’n’Fries многу популарен во Хрватска, потоа и пошироко, а влезе и во неколку книги за дизајн како едно од најдобрите решенија за пакување брза храна. Влеговме и во финалето на Procarton, светскиот натпревар за најдобри решенија во областа на картонска амбалажа. XX Карактеристични сте и по подготвувањето на помфритот, на врел воздух. Тоа е ваша идеја или го видовте некаде? Ова решение конкретно е на една шведска компанија. Тие подолго време барале партнер од угостителскиот бизнис во чие работење ќе го тестираат нивниот производ. Бидејќи нас нè интересира секоја иновација, нормално дека веднаш прифативме. Веројатно нашата предност е што ние сè уште сме мала фирма и се уште сме многу флексибилни. Ако некој голем синџир сака да воведе ваков новитет, тоа за нив би било многу тешко бидејќи ќе им треба многу време и пари. Едно е кога имате 40 дуќани, а друго е кога имате 20.000. Големите фирми се големи и моќни, но сепак нивна мана е што тие се доста троми. XX Брзата храна се
Државите не треба да ги субвенционираат стартапите. Не постојат бесплатни пари во светот, тоа некој на крај мора да го плати. Ако му дадете некому бесплатно пари, тогаш сте го научиле да не работи. Јас велам, наместо тие трошоци , треба само да се намалат даноците.
поистоветува со нездрава. Колку вашите компири и останатите производи се вклопуваат во денешниот тренд на барање сè поздрава храна од страна на потрошувачите? Помфритот во принцип е најозлогласениот фаст фуд производ. И тоа не заради самиот компир, кој што сам по себе е здрава храна, туку проблемот е во маслото во кое се пржи. За жал луѓето често користат неквалитетни масла, не ги менуваат и така настануваат тие слободни радикали и транс-масни киселини кои што прават проблем. Ние не ги пржиме, ние ги печеме компирите на врел воздух, и при тоа целосно го елиминираме маслото. Со време најдовме начин како да направиме и поздрава плескавица, која што, исто така, ја воведовме во менито. Неа ја печеме на посебен тип скара која функционира на вулкански камења кои се вжаруваат. Тие се наоѓаат под плотната каде што се пече плескавицата, која се пече на начин што и го прави вкусот и свежината подобри одошто било кој друг познат начин на печење, со јаглен, плин и сл. А, истовремено е здраво. Нашиот концепт во суштина е поврзан со навиките на луѓето. Сите би сакале да
Мој пријател побарал кредит за да купи нови машини, да го прошири производството. Од банката му рекле “не може“. Кога побарал објаснување зошто не поддржуваат успешен бизнис, добил “пријателски“ совет: а бе земи си кредит за возило, веднаш ќе ти дадеме, па потоа купи машини.
јадат здраво, но секогаш кога имаат избор ќе изберат нездраво. Затоа нашата крајна цел е да добиеме целосно фаст фуд мени кое ќе може да се консумира без никаков здравствен ризик. Значи сакаме фаст фудот да го претвориме во здрава, а истовремено вкусна храна. Инаку, и пред нас се приготвуваше помфрит на пареа. Но, никој не успеа компирите печени на пареа да ги направи вкусни. Ние тоа практично го остваривме бидејќи сфативме дека луѓето сакаат да јадат фаст фуд, но после тоа имаат грижа на совест. Нашата ултимативна мисија беше луѓето да можат да јадат фаст фуд и да немаат грижа на совест поради тоа и мислам дека успеавме..
Домашниот пазар е само полигон за тестирање XX Кога почнавте да продавате франшизи? Како доаѓате до вашите франшизери, дали тие ве наоѓаат вас, или имате свои луѓе задолжени да го пробиваат брендот? Хрватска е мал пазар, а Македонија уште помал. Значи секој претприемач уште од самиот почеток треба да размислува за проширување надвор од домашниот пазар. Ако во размислувањето сте насочени само локално, тогаш однапред сте неодржливи како бизнисмен.
Домашните пазари можат да послужат само како платформа за тестирање, а понатаму ваш таргет треба да е целиот свет. Ние првиот објект на Surf’nFries го отворивме во Риека во 2009 година и за само 2-3 месеци бизнисот буквално експлодира, во позитивна смисла, хаха. И ние не бевме свесни како одеднаш почнавме да продаваме преку 1.000 порции дневно во нашиот мал дуќан од 27 квадрати. Се сеќавам дека на Мекдоналдс во Риека во тој период им падна продажбата на помфрит за 70%! Следната фаза започна кога луѓето едноставно почнаа да доаѓаат и да велат и јас ова би го отворил. Значи, нашата првична идеја воопшто не беше да имаме франшиза, ние можеби размислувавме долгорочно да отвориме сопствен синџир на ресторани, но кога почна да доаѓа во просек по еден човек дневно со истото барање, тогаш рековме мора да најдеме начин да им излеземе во пресрет на овие луѓе, плус и ние нешто да заработиме. Тој начин беше франшизата, што е повторно некоја иновативност за Хрватска бидејќи домашните брендови воопшто не развиваат франшиза. За жал, само странски франшизи доаѓаат на нашиот пазар и нè освојуваат нас. Почнавме
www.kapital.mk
Капитал број 799 20.02.2015
37 да франшизираме пред пет години, моментално сме во 11 земји и имаме преку 40 дуќани. Нашата прва франшиза беше во Загреб, втората во Пула, третата во Сплит, и после така понатаму се ширевме. XX Кога сфативте дека хрватскиот пазар ви станува претесен? Ние домашниот пазар го гледавме само како еден полигон за тестирање. Ги согледавме сите добри и лоши работи за да можеме да продолжиме понатаму. Да бидам искрен многу луѓе во Хрватска, а уште помалку надвор од неа, сè уште не сфаќаат дека ние сме хрватски бренд. Тие мислат дека брендот сме зеле од Америка или западна Европа и сме само негови застапници. А, како доаѓаме до франшизерите? Обично се случува кога некој од странство ќе дојде на годишен одмор во Хрватска преку лето ќе го види нашиот бренд, ние ги имаме нашите контакти оставено на амбалажата и ќе ни се јави. Филип, нашиот соработник од Македонија, го запознавме на еден мини саем за франшизи во Загреб. Партнерот од Виетнам, пак, е со Хрват по потекло, кој што подолго време живее таму. Кога тој ни предложи таму да отвориме ресторан, му рековме, аман човеку, па ти нормален ли си, знаеш ли каде е Виетнам!? А, тој ни одговори следново: а знаете ли вие дека Виетнам е 90 милионска земја со само еден Мекдоналдс во главниот град? Па си рековме, зошто да не, ќе отвориме и таму. Во последно време сè поинтересни за соработниците се и мобилнитe киосци на Surf `N Fries. Тоа е интересен концепт, луѓето самите почнаа да прашуваат дали може ова да го работат на плажа.
Бидејќи бизнисот кај нив е само неколку месеци, не им се исплаќа да отвораат дуќан, па ние им направивме мобилен Surf `N Frise, кој зафаќа простор колку еден фрижидер за сладолед, а сè што е потребно има во него. Генерално, во односот кон нашите соработници од синџирот карактеристично е дека нудиме буквално сè. Прво доаѓаме на лице место да ја погледнеме и одобриме локацијата, па правиме комплетно 3Д дизајн за изгледот на целиот дуќан и техничките карактеристики. Ние не бараме сета опрема да се набавува преку нас, но за одредени клучни апарати како фритезите имаме дефинирани стандарди. Со оглед на тоа што во сите 40 ресторани набавуваме помфрит од исто место, постигнавме нашиот помфрит од Виетнам до Германија да има ист квалитет. XX Колку луѓе вработува Surf’nFries во моментов во сите земји кај што сте присутни? Колку чини пак инвестицијата за вашата франшиза? Во моментов франшизата вработува околу 300 луѓе. Франшизите и понатаму ги нудиме на неколку нивоа. За мастер франшиза за една земја инвестиција за лиценца е 40.000 евра. Најмала инвестиција за киоск е 10.000 евра. Имаме трејлер варијанта Surf `N Fries за 35.000 евра. За да се отвори еден Surf `N Fries шоп чини меѓу 45 и 80.000 евра во зависност од големината. XX Кои ви се плановите за понатаму? Како ќе ја ширите франшизата? Најголем дел од брендовите имаат дефинирано стратегија за тоа каде ќе се шират, а нашата стратегија е да одиме каде ќе нè викнат. Досега ние не сме оделе да ја нудиме нашата франшиза, туку
Нов проект Доказ дека Андрија Чолак е неуморен креативец и претприемач, е најновиот проект што го реализира со група млади луѓе од Хрватска, а тоа е паметниот чадор. Практична иновација која штеди и нерви и пари. “Риека е еден од најдождливите градови во Европа. Имаме повеќе дожд отколку Лондон во моментов. Некаде лани ова време јас напишав на Фејсбук, 'луѓе мене ми е навистина преку глава од толку дожд, барем да можев некако да заработувам од тоа. Знаете што? Ќе почнам да произведувам чадори'. Тогаш колегата од мојата канцеларија посочи дека ние се потребни чадори кои не можат да се загубат и така почна нашиот најнов проект, “Kisha” (Киша, или дожд на српско-хрватски). За брзо време најдовме производител на квалитетни чадори во Хрватска, потоа во тие чадори вградивме предавателче што го поврзавме со специјална мобилна апликација која веднаш реагирана вашиот мобилен телефон кога ќе се оддалечите премногу од чадорот. Апликацијата и сајтот ги лансиравме пред месец дена. Првиот ден имавме преку 800 посети, а веќе после 30 дена бевме целосно распродадени. Сега чекаме да ни бидат произведени новите чадори и да продолжиме со работа“. луѓето доаѓаат самите кај нас. Во моментов правиме напори да отвориме продавници во САД, а имаме многу заинтересирани и од Канада и од Австралија. Како и да е, Америка ни е особено голем предизвик, бидејќи речиси сите франшизинг концепти за брза храна на Балканот
дојдоа од кај нив. А сега конечно имаме ние можност ние да им ја продаваме нивната идеја и нивната приказна, на нивни терен. Нашата голема конкурентска предност е уникатната амбалажа, и секако здравиот начин на подготовка на помфритот. nnn
www.kapital.mk
Капитал број 799 20.02.2015
38
CEO Profile да го забрза процесот на создавање на вредност за нашите акционери, додека испорачува бизнис-планови за нашата групација. Јас и управата сме задоволни што го назначивме Хелге на оваа функција“, пишува Гулд. Како нов извршен директор на BG Group, Лунд отвора едно ново поглавје во својата кариера, а тоа може да биде почеток на една блескава ера на самата компанија.
Од скромни почетоци до врвот во нафтената индустрија
Хелге Лунд BG Group
Специјалист за нафтени компании
Б
„Би сакал да му се заблагодарам на Хелге Лунд за трудот кој го вложи за време на десетгодишниот мандат во Statoil“, напиша претседателот на Statoil, Свеин Ренемо. По преземањето на контролата во Statoil на 16-ти август 2004, Лунд ја предвиде годишната дивиденда од 11,2% – 2,3 процентни поени над индустрискиот просек и раст на пазарната капитализација на компанијата од 22 до високи 59 милијарди евра.
Исто така, тој успеа да го зголеми производството на меѓународно ниво дури петкретно. Овој норвешки менаџер се прослави откако одигра важна улога во зацврстување на статусот на фирмата како една од најголемите нафтени компании во светот мерено по приходите. „Под негово ракводство, Statoil стана моќна компанија“, вели Ренемо. Како и да е, дискутабилно е што е најимпресивно од се’:дали тоа што Лунд успеа да создаде моќна компанија, или пак, тоа што во рок од 10 години стана светски лидер во енергетскиот сектор како еден од најголемите економски придонесувачи во целиот регион. Можноста да се справи со побарувачката на пазараот го направи Лунд едно е од најбараните имиња во бизнис фелата. Но,
откако беше на чело на Statoil дури четвртина од својот животен век, во октомври 2014 беше назначен за извршен директор на британскиот гигант BG Group. Само за прифаќање на понудата Лунд се стекна со 12 милиони фунти, а дополнително му е загарантирана заработувачка од 13,5 милиони фунти на годишно ниво. „Учинокот на Хелге зборува многу за него. Тој создаде светско портфолио на Statoil и денеска компанијата е широко прифатена поради бројните технички експертизи, финансиски перфоманси и вреднуваната култура“, пишува претседателот на BG Group, Ендру Гулд во својата изјава. „Хелге е идеалната фигура кој треба да ја води BG Group во една наредна фаза од нејзиниот развиток, односно
Лунд е роден далеку од Осло во 1962 година, од татко психијатар и мајка управител. Пред успешната кариера, Лунд дипломира на Норвешката школа за економија и бизнис администрација во Берген, а потоа заминува за Франција за да се стекне со диплома од престижната бизнис школа „INSEAD“. По студиите, тој се впушта во водите на политиката и бизнисконсалтингот. Најпрво работи како политички советник на парламентарната група на Норвешката конзервативна партија, а подоцна како консултант на McKinsey & Co. По успешните мандати, во 1993 тој се приклучува на фармацевтскиот производител „Hafslund Nycomed“, а подоцна на „Aker RGI Holding“. Во 2004 станува дел од Statoil, која од локалната компанија успеа да ја претвори во светски индустриски гигант. Десетгодишното искуство во Statoil може да се окарактеризира како трансформација и создавање вредноста. Фокусирајќи се на глобалното проширување, тој започнува една нова стратегиска насока на компанијата. Без страв од центрите на моќ во индустријата, Лунд за краток период успева да создаде интернационален имиџ на Statoil. Сето тоа траеше до крајот на 2006, кога компанијата поднесе бизнис предлог за заедничко делување со „Norsk Hydro“. Со овој договор вреден 30 милилјарди долари, производството на нафта и гас на новиот комбиниран субјект се зголеми на 1,9 милиони барели дневно. „Бордот на директори на Statoil и Norsk Hydro веруваат дека оваа комбинација ќе создаде една меѓународна компанија за гас и нафта од Норвешка,
www.kapital.mk
Капитал број 799 20.02.2015
39 која ќе биде многу помоќна на глобалниот пазар, а со можност да го забрза растот и да ја предизвика конкуренцијата во глобалниот енергетски сектор, односно да достави долгорочни вредности на акционерите.“ Откако во мај 2007 Европската Унија официјално го одобри предлогот, спојувањето беше обележано како почеток на едно ново поглавје во норвешката нафтена индустрија. Новиот правен субјект, на чие чело беше Лунд, се фокусира на зголемување на перспективите на меѓународно ниво.
БРОЈКИ
19 5.713 25
милијарди долари приход во 2013 година
вработени
Јакнење
Во годините кои следеа, Statoil значително инвестираше во нафтените полиња лоцирани во Бразил и Канал, пред да постигне договор со „Anadarko“ вреден околу 1 милијарда долари. Во него беше опфатено искористување на ресурсите од две наоѓалишта длабоко под океанот, надвор од Мексиканскиот залив. Најголемиот напредок се случи кога Statoil ги откри новите наоѓалишта на нафта во 2011, кои до денес важат за најимпресивни резерви на овој енергенс. Тие претставуваа можност за зголемено производство помеѓу 500 милиони и 1,2 милијарди барели нафта. Меѓу најимпресивните достигнувања на Лунд се оние од 2012 година, кога компанијата започна соработка со рускиот гигант Rosneft. Договорот предвиде искористување на милијардите тони нафта „заробени“ во Арктикот. Но и покрај неубедливите наоди во овој дел на светот, партнерството помеѓу компаниите продолжи, а како следна дестинација беше наведено Баренцовото Море.
земји во кои што има бизнис операции
Хелге Лунд има беспрекорна репутација во нафтената индустрија поради постигнатите резултати, односно методите на работа. Но, тој треба да ги оправда високите примања кои ги добива од неговиот нов работен ангажман во британската BG Group. Тимски играч
Другиот принцип на менаџирање кој Лунд го користи е тимската работа, која како што вели, претставува императив доколку компанијата го достигне целиот потенцијал. „Ниту еден поединец нема да успее без да биде добар во соработката. Ова мора да биде една од најјасните пораки од корпоративниот менаџмент на сметка на итната потреба за различните професионални групи работници, за решавање на сложените прашања со кои се соочуваме. Акцентот го ставаме на соработката
и таа одлично се вклопува со општото скандинавско сфаќање за отвореност за соработка“, вели Лунд за „Word od CEOs“. Согледувајќи дека растот на секоја компанија не е работа на неколку поединци, туку на колективот, филозофијата на Лунд вели дека секој еден вработен мора да биде одлучен кога станува збор за подобрување на репутацијата и профитабилност во компанијата. Со придржување кон добра избрана стратегија, Лунд ја претвори Statoil во компанија со докажан капацитет, предвидувајќи импресивни
приходи за идниот период. Во 2011 година „Statoil“ го презентира долгорочниот раст, во којшто објави дека производството ќе скокне од 1,9 милиони барели на ден во 2010, до преку 2,5 милиони во 2020. Вработените во „новата“ компанија на Лунд, BG Group, се надеваат дека тој ќе го повтори успехот кој го имаше со Statoil. Неговата плата е седум пати поголема отколку во норвешкиот државен нафтен гигант. „BG Group е компанија - сплет на средства и можности. Гледам да се приклучам на оваа организација и да работам со луѓето во BG Group со цел да ja развиеме компанијата и да го искористиме нејзиниот потенцијал“, тврди Лунд. Со филозофијата на работа и соодветна стратегија, нема причина зошто успехот на Лунд не би се повторил токму во неговата „нова дестинација“ BG Group. nnn
www.kapital.mk
Капитал број 799 20.02.2015
40
телекомуникации
Мобилната технологија во бизнисот не е прашање на престиж, туку сериозна заштеда на време и пари пишува:
М Максим Ристески
maksim.risteski@kapital.mk
Мобилната технологија го револуционизираше и продолжува да го револуционизира водењето бизнис. Користењето мобилни уреди во бизнисот одамна не е трка за престиж, или за да се биде „ин“ во најновите трендови, туку сериозна
заштеда на време и на пари. Ова го покажуваат и резултатите од анкетата фокусирана на технологијата и малите бизниси, што секоја година ја спроведуваат најголемиот оператор на телефонски услуги (прв кај фиксната, а втор кај мобилната телефонија) во САД, AT&T, и Советот за мали бизниси и претприемништво од истата држава. Последната анкета објавена лани во мај, а спроведена кај 1.042 мали бизниси (со меѓу еден и дваесет вработени) во САД, во периодот 26-31 март 2014, покажува дека смартфоните, теблетите и мобилните апликации се заслужни за заштеда од вкупно 67,5 милијарди долари за сопствениците на
мали бизниси во државата што е татковина на претприемаштвото. Имено, 61,7% од малите бизниси користеле таблети, кои на сопствениците (на бизнисите) им заштедиле просечно по 4,79 часа неделно, што кога ќе се помножи со 3.149.177 (толку мали бизниси во земјата користеле таблети во односната година, според податоците на пописното биро на САД) се добива заштеда од 754,2 милиони часа годишно. Во анализата на анкетните резултати, Советот за мали бизниси и претприемништво ја „преведува“ оваа бројка (на заштедени работни часови) во пари (според просечната плата), при што резултатот е дека заштеденото
време за сите сопственици на мали бизниси во Америка кои користеле таблети значело годишна заштеда од 19,6 милијарди долари. Уште поголема заштеда остваруваат сопствениците на мали бизниси во САД со употребата на смартфони. Имено, паметни телефони во 2014 користеле 94,3% од малиот бизнис, со поеднична заштеда од 5,16 часа неделно. Кога ова ќе се помножи со 4.813.085 (толку мали бизниси во земјата користеле смартфони во 2014) се добива заштеда на 1,24 милијарди часови годишно, односно, на 32,3 милијарди долари, вкупно, за сите сопственици на мал бизнис. Кога се во прашање мобилните апликации за
www.kapital.mk
Капитал број 799 20.02.2015
41 олеснување на бизнисот, 51,5% од сопствениците на мали бизниси кои ги користеле во 2014 година, заштедиле неделно 5.007 часови, односно 599,5 милиони часови вкупно (сите мали бизниси кои користат мобилни апликации) за една година, или 15,6 милијарди долари. Големината на растот на користењето на можностите на смартфоните при водењето бизнис, ја покажува податокот дека во 2014 година дури 94% од малите бизниси користеле паметен телефон при работата, а само година претходно процентот бил 85. „Очигледно, ја достигнавме точката во која претприемачите на прво место ја поставуваат комуникациската технологија и иновативните решенија за подобрување на продуктивноста, за намалување на трошоците, и за подобро управување во односите на нивните компании со клиентите. Заштедените време и пари благодарение на мобилните технологии
Благодарение на мобилната технологија сопствениците на мали бизниси во САД заштедиле вкупно 67,5 милијарди долари во 2014 година. Вложувањето во „флегшип“ телефон одамна не е покажување на статус, туку на свест за алатките - уредите и апликациите, развивани за да ги штедат вашето скапоцено време и капитал. Разгледајте ги нашите предлози како мобилната технологија најдобро да работи за вашиот бизнис може да бидат инвестирани во генерирање поголема продажба или во разработка
на иновации на пазарот на кој работат“, вели извршниот директор и претседател на
Советот за мали бизниси и претприемништво, Карен Кериган. nnn
www.kapital.mk
Капитал број 799 20.02.2015
42
телекомуникации
Најдобрите смартфони
Н
Не толку одамна бизнис корисниците лесно можеа да се одлучат при купувањето нов мобилен телефон. Стариот, едноставно го заменуваа со нов модел на BlackBerry. Зашто само за уредите на канадската компанија RIM (Research In Motion) се велеше дека канцеларијата секогаш ви е на дофатот на раката ако во неа имате BlackBerry. Но, во меѓувреме RIM го изгуби чекорот со новите играчи на пазарот кои ги наметнаа како стандард екраните чувствителни на допир, а „вртеа“ нови оперативни системи, Android и iOS, на своите уреди. И денес може да се каже дека е лесно да се избере бизнис смартфон, од аспект што технички и просечните претставници на категоријата може да послужат за целта. Но, повеќе важи тоа дека не е лесно да се
Sony Xperia Z3
Н
овата Xperia има 5,2 инчен full HD екран, чипсет Qualcomm Snapdragon 801 со четиријадрен 2.5GHz Krait 400 процесор, Adreno 330 графички процесор, и силни 3GB RAM ... односно, гарантира перформанси. Бизнис корисниците за мултитаскинг на располагање ја имаат функцијата „small apps“, која овозможува да ја користите апликација калкулатор или календар, на пример, додека пишувате и-меил за чија содржина ви се потребни пресметки или проверка на агендата. Sony Xperia Z3 има IP68 сертификат, што значи дека прашина, и вода до длабочина од 1,5 метри (доколку изложеноста не трае подолго од 30 минути), нема да го оштетат вашиот смартфон. Ова, и тоа како, ќе им биде корисно на луѓето чиј бизнис е поврзан со чест престој на отворено. На овој вид корисници, а секако и на сите останати, добро ќе им дојде батеријата од 3100 mAh и нејзиниот Stamina режим за заштеда на енергија, пофалени во повеќето рецензии. избере вистинскиот уред, кога одлуката треба да се донесе меѓу стотици модели, повеќето со Android ОС, помалку со Windows phone, и најмалку со логото „гризнато“ јаболко (последниве иако досега имале вкупно десет модели, почнувајќи од оригиналниот iPhone, па, сè до iPhone 6 Plus, „држат“ 15% од светскиот пазар, на кој доминира Android со 81,2%, а трет е Windows Phone со 3% (завршни податоци за 2014
Samsung Galaxy Note 4
П
оследниот фаблет од серијата Galaxy Note го краси екран од 5,7 инчи и резолуција од 1440 x 2560 пиксели, заштитен со најновата, четврта верзија на Corning Gorilla Glass, како и 3 GB RAM и моќен процесор. Работи на Android KitKat со планирана надградба на Lollipop. На бизнис корисниците добро ќе им дојде мултитаскинг карактеристиката, Multi Window, што овозможува на екранот истовремено да имате отворено неколку прозорци, односно апликации; односно додека го контролирате и-меилот, да можете да правите белешки, или да разменувате пораки на Viber. Galaxy Note 4 доаѓа со „паметен“ стилус, наречен S Pen, кој совршено симулира пишување со пенкало на хартија. Ова „пенкало“ е опремено со функцијата Air Command, благодарение на која и не морате да го допирате екранот на уредот за да можете да селектирате, да пишувате, да правите „клипинг“ ... А со опцијата S Note можете, користејќи ја камерата на вашиот фаблет, да фотографирате белешки напишани на табла или на хартија, кои за
година). Со iPhone 6 и iPhone 6 Plus, Apple во четвртиот квартал од 2014 година на американскиот пазар го истурка Android на второто место со 50% удел, наспроти 45% на оперативниот систем на Google). За подобра ориентација при изборот на вашиот нов смартфонбизнис-партнер, фактор што треба да го разгледате е оперативниот систем - ви одговара ли во целост оној што досега сте го користеле
или можеби повеќе би ви одговарал друг. Потоа, големината на уредот - за бизнис корисниците, секако, има бенефит од екстра просторот на екранот што го нудат „фаблетите“ (хибриди добиени од комбинација меѓу телефон и таблет) при прегледувањето и уредувањето на документи или на табели, на пример. При изборот треба да се повнимава и на хардверските спецификации
неколку мига ќе добијат своја дигитална верзија погодна на обработка во соодветните апликации. За безбедноста на податоците кај Samsung Galaxy Note 4 е задолжен подобрениот скенер на отпечаток од прст, а во функција на автономијата, тука е опцијата Fast Charging, која овозможува итно полнење на батеријата - до 50% за само половина час.
www.kapital.mk
Капитал број 799 20.02.2015
за бизнис корисници
43
LG G3
Nokia Lumia 930
ко корејскиот конгломерат со претходниот модел, G2, покажа дека припаѓа во друштвото на најголемите, со G3 тоа успеа да го потврди. LG G3 е прв мобилен телефон (со исклучок на азискиот пазар) опремен со екран со Quad HD резолуција- на неговите 5,5 инчи се распоредени 2560 x 1440 пиксели. Кога е во прашање мултитаскингот, овој смартфон покрај двата прозорци што може да ги отвори во „сплит-скрин“, нуди и селектирани апликации наречени QSlide, кои можете да ги движите и да им ја менувате големината додека се отворени во лебдечки прозорци, а истовремено може да бидат активни две од нив. Тоа значи дека ако сте во Dual Window режимот, и плус отворите две од QSlide апликациите, вие потенцијално можете да работите со четири апликации истовремено. Карактеристиките на „погонот“ на LG G3 се речиси идентични со оние што ги наброивме за Xperia Z3, значи се врвни.
оите на оперативниот систем на Microsoft, Windows Phone, ги брани Nokia Lumia 930, во верзијата 8.1 (на ОС-от), со планирана надградба на претстојната „десетка“. На рецензиите покажува одлични резултати во поглед на перформансите, а го фалат нејзиниот 5 инчен екран (ClearBlack AMOLED FullHD) заштитен со Gorilla Glass 3, камерата од 20MP опремена со Carl Zeiss оптика ... Нормално, овој смартфон нуди одлично искуство при работата со сетот „домашни“ апликации (на Microsoft), како Office, OneNote, One Drive - добро познати на луѓето од бизнисот. Nokia Lumia 930 е еден од првите Windows телефони што ја добија 8.1 верзијата на оперативниот систем, на кој своја премиера имаше интелигентната лична гласовна асистентка Cortana, со која Microsoft одговори на Siri (Apple) и на Google Now. На Cortana можете да и кажете да ве потсетува на вашите обврски, да ви „врти“ телефонски броеви, да ви го намести алармот, а можете и да и диктирате белешки или пораки кои сакате да ги испрати во ваше име.
А
- не секој телефон што изгледа добро има машина спремна за мултитаскинг, иако, за основните бизнис задачи што би му ги задале на вашиот мобилен помошник, како проверка на електронската пошта или „фаќањето“ белешки, секако, не ви требаат „флегшип“ хардверски карактеристики.
Не треба да ја потцените ниту батеријата, зашто ако таа е слабата страна на вашиот уред, зголемен е ризикот тој да ве остави на цедило кога (најмногу) ви треба, а сте далеку од можност да направите „ричарџ“. Ако навистина сакате долготрајност, не барајте меѓу телефоните што не нудат
Б
најмалку 3000 mAh. Пресекот од изборот што го направиле најценетите портали за технологија
според критериумите поставени за потребите на бизнис корисниците го прават следниве модели. nnn
iPhone 6 / iPhone 6 Plus
С
о последното издание на iPhone, Apple покажа дека и кога не ги води, туку ги следи трендовите што ги наметнуваат другите, во случајов поврзани со големината на екранот, нема проблем да ја збрише конкуренцијата, барем кога е во прашање продажбата. Прифаќајќи го стандардот што се врти околу 5-инчните екрани (претходниот iPhone, „петката“, располагаше со екран од „само“ 4 инчи, кој е дури 44% помал од оној на Galaxy S „тројката“, иако овој модел Samsung го исфрли на пазарот скоро пет месеци пред споменатиот iPhone), Apple во iPhone 6 и iPhone 6 Plus вгради екрани од 4,7, односно 5,5 инчи – вториот е прв full HD дисплеј на iPhone (и тој влегува во категоријата фаблет). Двата уреди се опремени со брзите A8 процесори што гарантираат перформанси и при амбициозните мултитаскинг потфати. Имаат сензор за читање отпечаток од прст (Touch ID), искористен за „плаќање со еден допир“ (како што велат од Apple) преку услугата Apple Pay. „Нема потреба да стартувате апликација, па, дури ниту да го „будите“ екранот на вашиот iPhone 6, благодарение на вградената NFC (Near Field Communication) антена. За да платите, едноставно приближете го телефонот до бесконтактниот читач на
продажното место додека вашиот прст се наоѓа на Touch ID-то“, објаснуваат од Apple (сервисот работи со Visa, со Master и со American Express). За бизнис корисниците особено се потенцира големината на екранот на „плус“ варијантата на новиот iPhone, која покрај предноста што ја дава, на пример, при уредувањето табели, овозможува преку 2-pane начинот на работа многу полесна навигација во апликациите за електронска пошта или за пораки.
www.kapital.mk
Капитал број 799 20.02.2015
44
телекомуникации
Полесно, побрзо, поевтино апликации што работат за вашиот бизнис
Н
Напорно работите водејќи го својот бизнис, и сигурно барате начин вашите обврски да ги завршите полесно, побрзо, поевтино (штедејќи го вашето скапоцено време или капитал со тоа што ќе нема потреба да ангажирате дополнителен персонал). Токму за тоа мислат милиони креативци низ светот - како да создадат апликации (во случајов нè интересираат варијантите за мобилни уреди) со кои ќе победат во натпреварот за вашата доверба во навистина жестоката конкуренција. Најдобрите од нив покажуваат дека времето во кое како ваша канцеларија сте ја сметале просторијата во која стои вашиот службен десктоп компјутер е целосно надминато, и оти особено
нема потреба да сте врзани за десктопот кога во џебот веќе со години (можете да) имате моќен компјутер.
Тие би требало да се ваш прв избор ако користите Android уред.
Текст, табели, презентации
Swiftkey е најдобрата виртуелна тастатура за вашиот смартфон, која од неодамна е достапна бесплатно за Android и за iOS (8). Додека за неа се плаќаше, апликацијата помина најдолго време на врвот на листата на најпродавани на Google Play. Swiftkey има најдобра предикција меѓу конкуренцијата (ова важи и ако од менито изберете македонски јазик, на Android уред), во тек на користењето постојано учи од вас, а доколку и дозволите, и од вашите содржини објавени на социјалните мрежи, пратени по e-mail или по SMS. Покрај другото, оваа тастатура и одлично изгледа - на располагање се и голем број на бесплатни теми, и, што не е за потценување, крајно едноставно се инсталира и уште поинтуитивно се прилагодува (во делот на опциите) и функционира. Нема подобар начин да го забрзате вашето „типкање“ до границите на вашата моторика.
Апликации што се „маст-хев“ во бизнис заедницата, се секако оние кои се асоцирани што стандардот што го наметна Microsoft со својот Office пакет. Мобилната верзија на Microsoft Office од неодамна е бесплатна за iOS и за Android (секако, и за Windows Phone). Со тоа што сопствениците на таблети добија целосно функционална верзија на пакетот (каква што имаме на нашите десктопи) што вклучува Word, Excel и PowerPoint. Оваа верзија е оптимизирана за уреди чувствителни на допир, со големи, што значи, лесни за користење „копчиња“, и се интегрира со OneDrive cloud-storage платформата на Microsoft, односно, вашите документи ќе бидат синхронизирани на сите ваши уреди. Понудата на Google во однос на овие базични мобилни „офис“ алатки се бесплатните Google Docs, Sheets и Slides.
Swiftkey
Evernote
„Evernote го претвора вашиот телефон во екстензија на вашиот мозок. Оваа наградувана апликација ви овозможува да ги запаметите и во вистинско време да се потсетите на сите работи што се случуваат во вашиот живот (и бизнис, секако, н.з.)“, вели едно од официјалните претставувања на апликацијата за запишување и зачувување белешки во форма на текст, на фотографија или на звук. На ваквите белешки можете да им додате и аларм за да го привлечат вашето внимание во посакуваното време. На она што сте го внеле во Evernote можете да му пристапите од секаде кадешто има пристап до интернет. Апликацијата е многу едноставна за користење, и штом ќе и „влезете во штосот“, веќе нема да барате пенкало и хартија за да запишете нешто што морате да го запаметите, туку ќе се сетите на Evernote, зашто е подостапна од пенкалото и хартија, сè уредно чува на едно место, и не можете да ја загубите.
www.kapital.mk
Капитал број 799 20.02.2015
45 CamScanner
CamScanner е една од апликациите (според многумина најдобра) за претворање на вашиот смартфон во скенер. Лесна за употреба, а содржи најголем број на опции од сите скенер-апликации за Android. Вклучува автоматско детектирање на рабовите на материјалот што го скенирате, моќни алатки за „кропирање“, подобрување на сликата ... Во платената верзија на апликацијата, покрај наведеното, имате и OCR (optical character recognition - оптичко препознавање на карактери) - опција за препознавање на текст во сликата (скенот) на документот и негово екстрахирање за подоцнежно едитирање.
Any.DO
Any.DO е можеби најдобрата to-do апликација. Исклучително едноставна за користење, со минималистички, а
атрактивен дизајн. Покрај стандардното потсетување за вашите задачи, Any.DO, однеодамна има и опција која се вика Any.Do Moment, задолжена да ви ги прикажува сите обврски, односно планот за тековниот ден. Опцијата се активира секој ден во времето кое ќе го наместите. Штом ќе ја завршите обврската, ја обележувате, а ако не саката да губите време на чепкање по екранот, можете да ја активирате опцијата „shake“, која, како што самото име кажува, ви овозможува да ја „истресете“ во канта завршената задача со протресување на телефонот.
Call Recorder - ACR
Со Another Call Recorder можете да ги снимате вашите телефонски разговори, тогаш кога, на пример, соговорникот ви кажува куп информации што не можете да ги запаметите, а ви требаат. За разлика од конкуренцијата, ACR нуди можност да го
снимате само соговорникот, онака како што го слушате во тек на повикот. Најголем дел од апликациите за снимање повици го снимаат само она што влегува во микрофонот на телефонот, па на снимката скоро воопшто не се слуша што зборувал вашиот соговорник (освен ако не сте го пуштиле на „спикерфон“). Повиците можете да ги снимате автоматски - ако така наметстите во опциите, или рачно. Апликацијата нуди дури седум формати за снимање и интеграција со Google Drive и со Dropbox.
CamCard
Ако имате многу клиенти или бизнис партнери, имате и куп визитки, што, секако, не можете да ги носите со себе, а ви се случило некој податок од визитката на некој од овие луѓе да ви затреба итно. CamCard е скенер на бизнис картички, кој ја користи камерата на вашиот мобилен уред за да ја фотографира визитката, а
потоа ја анализира сликата екстрахирајќи го текстот, и автоматски пополнувајќи ги полињата што се отвораат при внесување нов контакт. Вака сите ваши визитки можете да ги носите секаде, и лесно да ги пребарувате со посебниот бизнис адресар што CamCard го води за вас.
Складирање во „облаци“
Во оваа категорија OneDrive и Google Drive се опции со кои нема да згрешите поради додадената вредност во поглед на продуктивноста благодарение на поврзаноста со нивните вев-базирани office пакети. Google Drive овозможува и креирање на документи на кои можете да работите од различни места, во „облакот“, заедно со своите вработени, истовремено. Овде мора да се спомене и Dropbox, кој е многу сличен на Google Drive, и еден од првите сервиси за online storage, и сè уште е еден од најдобрите. nnn
www.kapital.mk
Капитал број 799 20.02.2015
46
телекомуникации
Горан Митрески Кабтел
Н
Најновите ИКТ решенија достапни и за македонските бизниси
Штедат пари, зголемуваат безбедност, нудат безброј опции Виртуелен приватен сервер и диск, “cloud“ пакети, е-сметководство, видео конференција, видео надзор, аудио и видео стриминг, интернет на мобилни уреди со големи брзини ... ова е дел од најновите ИКТ услуги за македонските компании од кои што ќе се создава профитот на операторите и нивните “подизведувачи“ во иднина
Н
Соочувајќи се со фактот дека приходите од традиционалните услуги, како фиксна, мобилна телефонија и смс пораки почнаа драстично да паѓаат заради жестоката конкуренција и заситеноста на пазарот, сите телеком оператори во светот, некои порано, некои подоцна почнаа да се прилагодуваат на новата нормалност. Прво, преку понуда на услуги базирани на новите технологии – интернет, дигитална телевизија, во пакети комбинирани со традиционалните услуги, а на долг рок операторите
очекуваат голем дел од приходите да доаѓа од решенијата наменети за бизнис корисниците. Кон овој тренд се приклучија и македонските телеком оператори, кои што во својата понуда веќе имаат решенија што го подобруваат работењето на компаниите – виртуелен приватен сервер, виртуелен диск, “cloud“ пакети, е-сметководство, видео конференција, видео надзор, аудио и видео стриминг, интернет на мобилни уреди со големи брзини, итн. Информатичко-телекомуникациски услуги прилагодени за потребите на бизнисите нудат и повеќе помали локални компании од овој сектор, кои што најчесто се застапници на големите светски брендови од ИКТ бизнисот, а работат обично и како “подизведувачи“, односно во соработка со големите телеком оператори. “Интегрираните говорни, податочни и видеокомуникациски
решенија овозможуваат ненадминато ниво на функционалност, колаборација и мобилност, достапни преку широкопојасни и мобилни мрежи. Ваквиот тип решенија овозможуваат контрола на трошоците, безбедноста и опциите кои се во функција на корисниците“, вели Горан Митрески, сопственик и директор на Кабтел, компанија специјализирана за ИКТ решенија. Тој додава дека телекомуникациските мрежи и услуги секојдневно стануваат сè покомплексни, а провајдерите на бизнис решенија мора да направат оптимален сооднос на потребите кои ги има една технолошки напредна компанија. “Ние, на пример, нудиме едно од водечките светски решенија за “интелигентен менаџмент на инфраструктура“-IIM на производителот Nexans, со вклучен мониторинг на животната средина и контролиран пристап, за
ајмодерните интегрираните говорни, податочни и видео-комуникациски решенија овозможуваат ненадминато ниво на функционалност, колаборација и мобилност, достапни преку широкопојасни и мобилни мрежи. Со овие решенија се намалуваат трошоците, се зголемува безбедноста и се збогатуваат опциите што се во функција на корисниците. полесно управување со промените, со значително намалување на оперативните трошоци. За комуницирање и менаџирање со податоци тука е IP унифицираната платформа на Alcatel-Lucent, како и комплетна колаборациска платформа од Zentyal. И, на крајот за сето ова да биде максимално безбедно и заштитено од надворешни упади и злоупотреби, обезбедуваме корисничка и периметарска заштита со Kaspersky и Cyberoam“, вели Митрески. Што се однесува до бизнис апликациите кои што треба да станат секојдневие за македонските деловни луѓе, тој, според личното искуство ги потенцира Zoiper софтверскиот IP телефон кој се поврзува со Alcatel-Lucent платформата и овозможува директен пристап до компаниските ресурси без разлика кај се наоѓа корисникот; апликација за пристап до компанискиот CRM систем со што може да се следат сите случувања во процесите во фирмата. “Се разбира битни се и дополнителните лични организатори од To-Do типот што помагаат во планирање на тековните обврски, мобилната верзија на DMS Alfresco, и јас лично ја користам Box апликацијата за синхронизација и споделување на фајловите“. nnn
! " # " $%&'()*' ) +,% -(. /0 '
Капитал број 799 20.02.2015
48
www.kapital.mk
нА РУЧЕК СО...
Валентин Пепељугоски адвокат и универзитетски професор
Да им дозволиме на младите да размислуваат иновативно
www.kapital.mk
Капитал број 799 20.02.2015
49 Од богатото мени на Стоун Бриџ одбравме: l мешана салата и l лосос на скара
Пепељугоски беше несебичен во анализите на македонскиот правен систем, во потенцијалите на интелектуалната сопственост како област во развој, и секако во поврзаноста на функционалниот правен систем со бизнис климата во една земја. Тој отворено ги повика бизнисмените и институциите да овозможат услови во кои академското знаење и природната иновативност на младите ќе можат да се канализираат во нови проекти, производи и брендови кои конечно ќе му дадат поголема додадена вредност на македонскиот бизнис. разговара
П Дејан Азески
Dejan.azeski@kapital.mk
Познатиот адвокат уште на почетокот ни кажа дека неговата работа не е до толку романтично интересна како што е прикажана во мега популарната телевизиска серија „Boston Legal“, но дека подеднакво е одговорна и дека бара подеднакво голема концентрација како и во многу филмски остварувања изработени на оваа тема. Однапред не предупреди и дека принципот му налага никогаш да не зборува за неговите клиенти што го смета за најголема и најпотребна доблест. На сметка на тоа Пепељугоски беше широкоград и несебичен во анализите на македонскиот правен систем, во потенцијалите на
интелектуалната сопственост како област во развој и секако во поврзаноста на функционалниот правен систем со бизнис климата во една земја.
Припаѓам на семејство со три генерации адвокати/правници
Нашиот гостин се сеќава на кажувањата на неговиот татко дека љубовта кон правото му ја пренел негов постар роднина кој уште пред војната се занимавал со оваа многу потребна професија. „Моите дедовци биле предвоени индустријалци. Нашата мелница во Прилеп е национализирана помеѓу првите десет најголеми и најстратешки објекти во повоена Македонија. Татко ми Кирил во сопствената фабрика го стекнал практичното искуство за работа со тогашните закони и затоа после национализацијата на фабриката многу лесно се снашол во адвокатурата. Врвот го достигнува со изборот за судија на уставниот суд и заменик на јавниот правобранител на РМ. За жал, поради здравствени причини ја одбива позицијата која му се нуди во сојузното
југословенско правосудство“, раскажува Пепељугоски. Сепак таму каде што застанува Кирил продолжуваат неговите деца и внуци. Неговиот син Валентин денеска е еден од најпознатите македонски адвокати, а кога се работи за стопанските предмети и интелектуалната сопственост тој се уште е ненадминат авторитет. Иако неговиот брат Петар делумно скршнал од семејната правна традиција (тој е доктор на науки на Универзитетот Беркли во Калифорнија и преку три децении работи во светски познатата корпорација ИБМ ),неговиот внук Мартин е директно инволвиран во американскиот правен систем како соработник на една од најпознатите адвокатски куќи во САД - Cravath, Swaine & Moore LLP. Сепак најголемо задоволство во животот му чини фактот што и неговото единствено дете ќерката Ана (25) продолжила по неговите и по фамилијарните стапки и одлучила професионалната кариера да ја посвети токму на правото. „Додека не видов самиот не бев свесен и не верував колку
ЗА бизнисот „Огромно, а веројатно и круцијално е влијанието на правната држава врз бизнис климата во една земја. Верувајте џабе се сите погодности кои ги даваме на странските инвестиции ако тие бесправно и неосновано изгубат еден или два спора затоа што некој го подмитил судството. Ќе заминат во истиот момент. Иако денеска светот е глобално село и многу поевтино е да се инвестира и произведува во Африка отколку во Германија, се уште најголем дел од индустријата е концентрирана токму таму каде што работната рака е најскапа. Значи, самите бизнисмени си прават проценка дека подобро е да платат поскапи даноци, комуналии и работна рака отколку да ризикуваат поради нефункционален правен систем да изгубат се“.
www.kapital.mk
Капитал број 799 20.02.2015
50
нА РУЧЕК СО...
значи кога во бизнисот и во работата имаш некој на кого му веруваш безрезервно и на кого можеш да се потпреш во секое време. Очигледно не била случајна старата пракса децата да го наследуваат занаетот на родителите, која татко ми често ја споменуваше. Можеби на почетокот не можев целосно да ја сфатам нејзината одлука да одбие асистенско место како еден од најдобрите студенти на Правниот факултет, но сега гледам дека направила добра одлука и за нејзе и секако за мене. Со сопругата Татјана, која е цел живот инволвирана во филмската уметност како долгогодишен раководител на Манаки филм, како свое најголемо заедничко животно достигнување го сметаме успехот на нашето единствено дете“.
Неверојатно е колку сме назаднати во судството и во владеењето на правото „Луѓето кои го градеа македонскиот правен систем во гробот би се превртеле ако видат до каде е дојдено судството во Македонија“. Вака Валентин Пепељугоски го започна одговорот на нашето второ прашање поврзано со состојбите во македонското судство. Со оглед дека во оваа работа е точно триесет години, а дополнително поседува и голем дел од искуството на неговите предци, побаравме да ни направи подетална споредба на состојбите некогаш и сега. „Од денешна перспектива навистина примитивно изгледа работата која сме ја правеле пред појавата на компјутерите и другите напредни технички помагала. Но, од друга страна ако се гледа на кое професионално или непрофесионално ниво функционира судството сега, тогаш актуелнава состојба делува примитивно спрема тоа што се случувало во минатото. Испаѓа дека стариот макотрпен начин на работење даваше многу подобри резултати и дозволуваше многу помали грешки од денешниов современ систем и начин на работење“. Според Пепељугоски уште пострашно е што ваква
хаотична состојба владее во судството како една општествена област која не трпи никакви грешки. „Нашата работа е многу слична со работата на лекарите. Од нашата проценка и исправноста на нашата одлука зависат човечки судбини. Многумина велат дека тоа е само во кривичниот дел, но според мене и ние адвокатите кои се занимаваме со стопанска проблематиката имаме подеднаква одговорност. Замислете една моја грешка може да затвори претпријатие од илјада вработени. Тоа се илјада семејства со по неколку луѓе кои ќе останат без приходи како последица од мојата грешка. Токму затоа ни е потребен здрав, професионален и функционален правен систем“.
Во интелектуалната сопственост лежи огромен потенцијал кој не го користиме
Пепељугоски во македонската јавност е препознатлив како најголем познавач на интелектуалната сопственост, иновативноста и преносливоста на брендот. За читателите на Капитал
на многу едноставен и разбирлив начин ги објасни потенцијалите на оваа област, кои за жал констатира, дека ние многу слабо ги користиме. „Наједноставно прашање кое често го поставувам е дали ќе е поголема трагедија ако во Македонија изгори една единствена фабрика или ако изгорат сите фабрики на Кока Кола во светот. Нормално, моменталната материјална штета ќе биде поголема кај Кока Кола, но на долг рок Кока Кола воопшто нема да биде загрозена бидејќи нејзиното најголемо богатство е во брендот. А македонската фабрика веројатно нема да се возообнови бидејќи се што имала вредно биле тие неколку големи и стари машини во нејзината хала. Е тоа е нешто што македонските бизнисмени не го сфаќаат. Дека името и брендот во денешното современо општество вредат многу повеќе од било какви недвижности или машини“. Според Пепељугоски, фактот дека најголемите и најуспешните светски компании се базирани на принципот на преносливост на бренд и франшиза најдобро зборува во која
Со Вилијам Шатнер (Ѕвездата на серијата Boston Legal) во Бостон на годишната конференција на INTA 2010 година Со Зоран Јолевски во разговор со генералниот директор на WIPO во Женева 1998 година На одбрана на магистерската теза на ќерката Ана заедно со сопругата Тања
насока треба да се развива македонскиот бизнис во иднина. „Едноставно ни фалат брендови кои подоцна ќе можеме да ги развиваме како франшизи. Ние имаме многу работи од кои можат да се изродат регионални и европски брендови, но не сакаме да вложиме во нивниот развој. Нашите успешни луѓе, без разлика дали се уметници или иноватори, се уште потпишуваат робовладетелски договори со западните компании и остваруваат минимална или никаква додадена вредност. Тоа е само затоа што не сакаме професионално да пристапиме во развојот на нашите брендови. Нашиот човек се уште мисли дека заштедил ако не ангажира консалтинг или адвокатска куќа, а никогаш не пресметал колку губи со аматеризам во работата“. Според него, сето ова ќе се промени со смената на генерации, но потенцира дека фирмите и институциите треба да им дадат што поголем простор на младите да ја искористат својата природна инвентивност и професионално знаење. nnn