www.kapital.mk
(специјален прилог)
cover story Новиот руски гасовод ќе ја стави Македонија да избира меѓу Истокот и Западот ?!
број 800 | цена 100 ден. | 27 февруари, 2015 | петок | година 16
Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...
"Тепачка" меѓу банките за добрите компании. Што ќе се бара?
www.kapital.mk
interview
Јанко Медја
претседател на Управен одбор на НЛБ Љубљана и претседател на Надзорен одбор на НЛБ Тутунска
По неколку години, НЛБ Групација со позитивни резултати. Преструктуирањето продолжува Шерер interview Вернер претседател на Управниот одбор на EOS Group
Со сигурен чекор кон иднината јавна администрација: огласи за над 1.300 нови вработувања
4
Капитал број 800 27.02.2015
содржина КапиталНО 05Стојчевска Биљана Здравковска Време за одлука
10 cover story
Новиот руски гасовод ќе ја стави Македонија да избира меѓу Истокот и Западот ?!
18Startup
Стартапите добиваат државна поддршка. Еве како тоа го прави светот!
прилог 22Специјален банките и бизнисот
Индивидуализиран пристап кон потребите за кредитирање на клиентите Елена Богданова
37
директор на Сектор за управување со корпоративни клиенти во Шпаркасе банка
Вернер Шерер
претседател на УО на EOS Group
Profile 40Company Сието
Пионери во областа на сончевата енергија
42анализa
За неполн месец и половина Објавени огласи за преку 1.300 нови вработувања во администрација!
бизнис 44Балкан и политика
Романија се чисти од “меѓупартиската мафија” која со владееше со години
48
свет бизнис и политика
Како Xiaomi влезе меѓу топ-три производителите на смартфони?
Profile 50CEO Стефан Винкелман директор на Ламборгини
Германска дисциплина и италијанска страст
48 Турски, наместо Јужен тек
помош за стартапите
Во нормални околности информацијата дека е можно некој гасовод да минува низ Македонија би била оценета како бинго за земјата. Но, кога светот станува биполарен и кога повторно се актуелизираат поделбите на Исток и Запад, оваа информација на виделина ги вади и сите политички и геостратешки дилеми кои и се наметнуваат на земјата. XXСтр. 10
Државниот Фонд за иновации формиран лани, го објави првиот јавен повик до македонски компании што имаат потреба од финансиска поддршка за својот развој. Шанса за стартапите да приберат пари за полесно да ги комерцијализираат своите иновативни производи и услуги. Капитал анализира и како функционираат најразвиените стартап сцени во светот. XXСтр. 18
Банките и бизнисот Конечно одмрзнување на кредитирањето на фи
Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул.Партизански одреди бр. 17-1/16 l П. ФАХ 503, 1000 Скопје l Основач и директор: Љупчо Зиков l Одговорен уредник: Биљана Здравковска Сто
5
и компании 52Луѓе Крешимир Добриловиќ
10
член на управата на Fleet
Компанијата која за две и пол години стана лидер во Хрватска
54Кариера
Шест причини поради кои никако немојте да дадете отказ
ручек со... 56на Елена Ристеска музички уметник
52
Сонувам за општество во кое ќе зборуваме за уметност, а не за проблеми!
“Реформа“ на администрацијата За неполн месец и половина објавени се огласи за преку 1.300 нови вработувања во македонската државна администрација. На годишно ниво, само овие нови вработувања ќе ја чинат државата 4,7 милиони евра. Ако на ова се додадат и склучените договори и огласи за привремени вработувања од почетокот на годинава, вкупниот збир е речиси 5 милиони евра. XXСтр. 42
XXСтр. 22
"ТЕПАЧКА" МЕЃУ БАНКИТЕ ЗА ДОБРИТЕ КОМПАНИИ. ШТО ЌЕ СЕ БАРА?
Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...
Фирмите годинава ќе може полесно да добијат кредит од банките. Најновата анкета на Народната банка спроведена меѓу сите банкари покажува дека тие очекуваат да се олеснат условите за кредитирање на приватните компании, додека пак кај граѓаните, се очекува благо заострување на критериумите за одобрување кредити.
(СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ)
COVER STORY НОВИОТ РУСКИ ГАСОВОД ЌЕ ЈА СТАВИ МАКЕДОНИЈА ДА ИЗБИРА МЕЃУ ИСТОКОТ И ЗАПАДОТ ?!
БРОЈ 800 | ЦЕНА 100 ДЕН. | 27 ФЕВРУАРИ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16
Банките и бизнисот
WWW.KAPITAL.MK
56
WWW.KAPITAL.MK
INTERVIEW
МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА СО ГОДИНИ ТОНЕ ВО ПОЛИТИЧКА НЕСТАБИЛНОСТ
Во политичките битки, бизнисот е секогаш ГУБИТНИК!
ШЕРЕР INTERVIEW ВЕРНЕР претседател на Управниот одбор на EOS Group
СО СИГУРЕН ЧЕКОР КОН ИДНИНАТА ЈАВНА АДМИНИСТРАЦИЈА: ОГЛАСИ ЗА НАД 1.300 НОВИ ВРАБОТУВАЊА
ирмите „Тепачка“ меѓу банките за добрите компании. Што ќе се бара?
ојчевска l Печати: Графички центар Скопје, ул. Скупи бб, 1000 Скопје l Тираж: 3.000 примероци l Датум на печатење: 26.02.2015
www.kapital.mk
Капитал број 800 27.02.2015
6
Капитално
време за одлука Биљана Здравковска Стојчевска biljana.zdravkovska@kapital.mk Во Македонија веднаш по објавувањето на можната рута на новиот руски гасовод во јавноста се јавија драстично спротивставени мислења. Едни кои сметаат дека ова е историска шанса на Македонија да си ја обезбеди енергетската иднина конечно да го реализира со децении најавуваниот проект гасификација, и други кои сметаат дека земјата треба да продолжи по својот веќе избран пат на евро-атлантски интеграции и дека во овој исклучително чувствителен период треба да бидеме многу внимателни какви одлуки ќе носиме. Ако се покажат како вистините најавите дека алтернативната траса на Јужен тек ќе треба да минува низ регионот, тогаш извесно е дека Македонија и целиот Западен Балкан ќе бидат пред предизвикот јавно да заземат страна и јасно да ја кажат визијата и патот кој ќе продолжат да го одат во иднина.
Д
Деновиве македонската јавност беше бомбардирана со изјави кои упатуваат дека Македонија и регионот веќе и јавно се ставаат на линијата на огинот меѓу Истокот и Западот. Рускиот претседател Владимир Путин и унгарскиот премиер Виктор Орбан дадоа рака за изградбата на новиот руски гасовод, кој ќе ги стави Македонија и Западен Балкан во огинот на прекројувањето на енергетските интереси на Европа. Новиот гасовод, кој Русија го стави на маса откако беше оневозможена да го гради Јужен тек, треба да го пренесува рускиот гас преку Црното Море до Турција, а од таму преку Грција, Македонија, Србија до Унгарија и европските пазари. Во Македонија веднаш по објавувањето на можната рута на новиот руски гасовод во јавноста се јавија драстично спротивставени мислења. Едни кои сметаат дека ова е историска шанса на Македонија да си ја обезбеди енергетската иднина конечно да го реализира со децении најавуваниот проект гасификација, и други кои сметаат дека земјата треба да продолжи по својот веќе избран пат на евро-атлантски интеграции и дека во овој исклучително чувствителен период
треба да бидеме многу внимателни какви одлуки ќе носиме. Очигледно, во периодов се решава енергетската иднина на Европа, која моментално околу 30% од своите потреби за гас ги обезбедува од Русија. Од кои половината поминува преку Украина. Балканот е во најпроблематична ситуација. Бидејќи земјите како Србија, Бугарија, Македонија, барем засега, немаат никаква друга опиплива алтернатива за снабдување со гас освен оној од Русија. Сведоци бевме дека Бугарија мораше јасно да се изјасни и да заземе страна. Да се изјасни дали ќе продолжи по патот на евро-атлантските интеграции или ќе натежне економскиот интерес и бенефит кој отворено и го нудеше Русија со тоа што цевката од значајниот Јужен тек ќе минува низ нејзина територија. Бугарија одбра да се усогласи со политиките и интересите на ЕУ и НАТО. Ако се покажат како вистините најавите дека алтернативната траса на Јужен тек ќе треба да минува низ регионот, тогаш извесно е дека Македонија и целиот Западен Балкан ќе треба да минат низ истиот пат. Кога ќе треба јавно да заземат страна и јасно да ја кажат визијата и патот кој ќе продолжат да го одат во иднина. Сакале да го признаеме тоа или не светот влегува во една нова ера на голема биполарност, во која секоја земја ќе мора да заземе страна. Во некои нормални времиња веста дека некој нафтовод или гасовод треба да минува низ нашата земја би била вистинско бинго. Но, во време на се поочигледната поделеност во светот оваа информација на виделина ги вади сите економски, политички и геостратешки дилеми. Она што е повеќе од очигледно е дека новиот алтернативен гасовод тешко дека ќе може да ги бајпасира спр от ив с тав ените ге о с т р атешки интереси кои се испреплетуваат во регионот. nnn
www.kapital.mk
Капитал број 800 27.02.2015
8 НАВИГАТОР
ИЗЈАВА НА неделата
> БРОЈКА
4.838 компании помалку има во Македонија во 2014 во однос на 2010 година
Џон Кери
државен секретар на САД
победник на неделата
Кога станува збор за Србија, Косово, Црна Гора, Македонија и други - Грузија, Молдавија, Придњестровјето, тие се на линијата на огнот“, изјави американскиот државен секретар Џон Кери на сенаторско прашање во врска со влијанието на Русија во Европа.
Американски Гентерм ќе инвес Се официјализира инвестицијата на американски „Гентерм“ во Прилеп, вредна 20 милиони евра. Ставен е потпис на договорот кој предвидува новата фабрика во Прилеп да стане оперативна веќе во октомври. Во првата фаза се најавени 1.000 вработувања во зоната во Прилеп, а идната недела почнува изградбата на погонот. Директорот на компанијата за Европа вели дека при носењето на финалната одлука за инвестирање во игра биле пет држави од ЈИЕ и од Северна Африка.
Што губи Македониј ако се одложи Бошк
Студентски пленум
+
Студентскиот пленум го направи она за што се чинеше дека исчезна и последната надеж во Македонија - да се чуе и уважи гласот на граѓаните за некоја одлука на Владата што одредена засегната група ја смета за погрешна. Имено, вторите по ред преговори меѓу претставниците на Студентскиот пленум, на универзитетите и на Министерството за образование, резултираа со прифаќање на барањата на Пленумците со што се доби простор за пишување нов интегрален закон за високото образование. Победата, како што ја нарече Студентскиот пленум, неговите членови ја посветија „на сите оние кои не веруваа дека нешто може да се смени“. А извојувана е, како што стои во нивното соопштение, во услови на медиуми „што не н$ пренесуваа овие неколку месеци, а и кога н$ пренесуваа зажаливме и што воопшто н$ пренесуваа“. Победата за нив има значење на одбрана на автономијата на универзитетот, но, ја сметаат само за добиена битка, а не и на целата војна. Во овој дел е и најголемата додадена вредност на победата на Пленумот, што таа не им ја замагли сликата за крајната цел на нивната борба, што е решавање на сите проблеми во образованието. „Ќе почне да се пишува новиот закон, а во меѓувреме не ги забораваме ниту останатите проблеми во образованието, како лошите студентски домови, привилегираноста на одредени личности, корумпираните студентски парламенти…“.
з пишува:
Дејан Азески
dejan.azeski@kapital.mk
Објавите на лондонскиот Guardian дека Европската банка за обнова и развој неофицијално е пред одлука да го откаже финансирањето на Бошков Мост повторно ги отворија дилемите за енергетската иднина на Македонија.
Иако од државната ЕЛЕМ појаснија дека работите се одвиваат според планираната динамика, бидејќи до нив се уште не стигнало официјално известување од ЕБОР, за ескепртската јавност тоа е слаба гаранција дека изградбата на овој значаен објект ќе тече во нормала. Доколку ЕБОР сепак се откаже од финансирањето на овој објект, тоа ќе го доведе во прашање целиот проект бидејќи од потребните 84 милиони евра за изградба на Бошков Мост, дури 65 милиони евра требаше да ги обезбеди ЕБОР преку кредит. Во услови кога привршува животниот век на термоелектраните и кога се поголема надеж за енергетската иднина се полага во водниот потенцијал, за Македонија е од клучен интерес изградбата на клучните хидроенергетски капацитети. Во најновата енергетска стратегија до 2035 година се предвидува дека хидроелектраните во Македонија во иднина ќе произведуваат 32% од потрошената енергија, наместо досегашните 12%. Дека
www.kapital.mk
Капитал број 800 27.02.2015
9
естира 20 милиони евра во Прилеп „Најважните причини да инвестираме во Македонија беа достапната и добро образована работна сила, како и инвестициски можности. Сакаме да прозиводствениот капацитет да биде готов до октомври. Немаме многу време, но сметаме дека со поддршката од Владата ќе можеме да ја постигнеме оваа цел“, нагласи Јорг Еверс, директор на компанијата за Европа. Производството од Македонија е предвидено да се пласира на европскиот пазар, а побарувачката за нивните производи ќе го диктира и бројот на вработени во прилепскиот капацитет.
мисла на неделата
> БРОЈКА
85,2% од деловните субјекти во Македонија имаат до 9 вработени покажуваат најновите податоци од Државниот завод за статистика за 2014 година
лидери
ја ков Мост? Во услови кога привршува животниот век на термоелектраните и кога се поголема надеж за енергетската иднина се полага во водниот потенцијал, за Македонија е од клучен интерес изградбата на клучните хидроенергетски капацитети. ова не се само обични бројки најдобро зборува фактот што Македонија во иднина се помалку ќе може да се ослонува на јагленот, што значи дека проекти како Бошков Мост (кој требаше да се заврши најдоцна до крајот на оваа деценија) ни се повеќе од неопходни за да не станеме и целосно увозно зависни. Но, проектот Бошков Мост буди бројни контроверзи во Македонија веќе неколку години. „Поради жестоките реакции од страна на експертите - еколози и засегнатата поширока јавност, работата на терен е отежната. Многу е веројатно дека ќе треба да се откажеме“, напиша весникот Гардијан повикувајќи се на високи извори во ЕБОР. Досега се собрани и над 100.000 потписи на меѓународната петиција против изградбата на брани во националниот парк Маврово, а целата работа стигна и до Советот на Европа која веќе прави анализа дали „Бошков мост“, но и „Луково поле“ ја прекршуваат Конвенцијата за заштита на животната средина. За Хидроелектраната Бошков Мост беше предвидено да работи во часовите на врвни дневни оптоварувања или просечно пет часови во текот на денот со инсталирана моќност од 68,2 MW. Или сликовито кажано со секоја година одложување на изградбата на Бошков мост Македонија просечно губи 117 Gwh електрична енергија или 10% од вкупното сегашно производство на струја од хидроцентралите во земјава. nnn
Не си играј со работи што не ги разбираш, дури и да гледаш дека другите прават пари од нив
Тони Шеј
претприемач, основач на Zappos.com
губитник на неделата
Лаура Ковеши
Главниот борец против корупцијата во Романија не гледа кој е кој, и својата земја ја претвора во пример за борба против корупцијата
Хари Костов
Комерцијална банка ја доби вредната награда за извонредност во меѓународните плаќања
не им беше неделата
Зоран Милановиќ
Новата хрватска претседателка Колинда Грабар Китаровиќ веќе побара оставка од премиерот Милановиќ
Алексис Ципрас
Добиената битка во преговорите со ЕУ, му создаде проблеми дома дека попушта пред притисокот
_
Виктор Орбан Дека политичарите скапо ги чини заборавањето на јавниот интерес по долгото останување на власт, деновиве се покажува на примерот на унгарскиот премиер, Виктор Орбан. Неговата партија Фидес го загуби двотретинското мнозинство со кое владее од 2010 година откако на специјалните избори за претставник во Парламентот одржани во градот Веспрем, кандидатот на десничарската Фидес, Лајош Немеди, претрпе пораз од независниот кандидат Золтан Кес, поддржан од левицата. Така и во практика се покажа што значи нестабилното (двотретинско) мнозинство освоено на ланските изборите, кое партијата на Орбан со коалициските партнери, демохристијаните, го задржа со едно место плус. Падот на популарноста на Фидес се забрза кога на крајот од 2014 се појавија корупциски скандали поврзани со членови на партијата, потоа и масовни протести поради предложениот данок на интернет, што потоа беше повлечен. Сепак, аналитичарите сметаат дека причина за последниот пад е блискоста на Орбан со рускиот претседател, Владимир Путин, во услови кога остатокот од Европската унија жестоко ја напаѓа Москва за ситуацијата во Украина.
Капитал број 800 27.02.2015
10
www.kapital.mk
cover story
Економските и политички последици за Ма
Новиот руски г стави Македон меѓу Истокот и
www.kapital.mk
Капитал број 800 27.02.2015
11
акедонија и регионот од гасовод Турски Тек
гасовод ќе ја нија да избира и Западот ?!
www.kapital.mk
Капитал број 800 27.02.2015
12
cover story Виктор Орбан премиер на Унгарија
Ќ
е биде добра инвестиција за Унгарија доколку се осигура дека Турскиот тек ќе минува низ Грција, Македонија и Србија па се до Унгарија. Веќе преговараме со Србија и со Македонија за спроведување на овој проект.
Д пишува:
Дејан Азески
Dejan.azeski@kapital.mk
Доколку рускиот гасовод Турски тек, новата замена на Јужен тек, го дочека светлото на денот, многу е веројатно дека ќе поминува низ Македонија. Оваа опција беше најавена на минатонеделната средба на рускиот претседател Владимир Путин и унгарскиот премиер Виктор Орбан. „Ќе биде добра инвестиција за Унгарија доколку се осигура дека Турскиот гас ќе минува низ Грција, Македонија и Србија па се до Унгарија. Веќе преговараме со Србија и со Македонија за спроведување на овој проект“, изјави Орбан по средбата со Путин во Букурешт. Путин изјави дека Русија е подготвена
Антон Чаушевски експерт за енергетика
Е
дно е да живееш на периферија и да си инфраструктурно слепо црево, а друго е гас да добиваш од главната траса на клучниот гасовод. Јас не знам колку скоро и дали овој проект ќе се реализира, но ако се реализира тогаш придобивките кои Македонија ќе ги има од него би биле многу големи.
Во нормални околности информацијата дека е можно некој гасовод да минува низ Македонија би била оценета како бинго за земјата. Но, во услови кога светот станува биполарен и кога повторно се актуелизираат поделбите на Исток и Запад, оваа информација освен економските, на виделина ги вади и сите политички и геостратешки дилеми кои и се наметнуваат на земјата. Капитал анализира колку е реално новиот руски гасовод да минува низ Македонија? Дали најавите на Путин за изградба на новиот Турски гасовод ќе ја стави Македонија во ситуација да мора да избере страна помеѓу Истокот и Западот? Кои ќе бидат економските придобивки за земјата и регионот и кои се можните политичките последици доколку македонските власти во ваква затегната меѓународна положба влезат во било какви комбинаторики со Москва. веднаш да почне со изградбата на гасоводот и дека првите испораки на гас по овој нов гасовод до грчко турската граница се очекуваат до почетокот на 2017 година. „Одлуката главно ќе зависи од нашите европски партнери дали сакаат стабилно, гарантирано и апсолутно транспарентно снабдување со енергенси од Русија и тоа без ризици при транспортот“,изјави Путин. Месец дена порано, Путин и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го потпишаа меморандумот за идниот проект – гасовод со капацитет од 63 милијарди кубици преку кој рускиот гас ќе се носи од Русија преку Црното Море до турско-грчката граница.
Одлуката на Путин за изградба на оваа нова алтернативна рута на гасовод доаѓа откако Русија неодамна изјави дека се откажува од изградбата на гасоводот Јужен тек, кој требаше рускиот гас преку Црното Море, Бугарија и Србија да го пренесува до ЕУ, поточно до Унгарија и Австрија. Но, заради притисоците од ЕУ, Бугарија не дозволи гасоводот да минува низ нејзината територија. Путин најавува дека на земјите низ кои ќе минува новиот гасовод ќе им достави понуда која нема да можат да ја одбијат. Што за многу домашни аналитичари е сигнал дека енергетските интереси на Истокот и Западот
Русија: земјите од регионот ќе добијат понуда што не се одбива
www.kapital.mk
Капитал број 800 27.02.2015
13 Денко Малевски поранешен прв дипломат
А
ко веќе сме се определиле за Евро и НАТО интеграции тогаш конзистентно треба да се усогласиме со нивните политики, па понекогаш и со нивните интереси. Во услови кога во Бугарија паѓаат влади и се плаќаат пенали за истата работа, нелогично и неразумно е да се размислува дека Македонија ќе може да го реализира истиот забранет проект за соседите без некој наш западен партнер да се почувствува засегнат од сето тоа. ќе се прекршуваат низ регионот. По овие најави, Капитал анализира кои ќе бидат економските бенефити за Македонија од реализацијата на овој проект, а кои се политичките последици доколку нашите власти во ваква затегната меѓународна положба влезат во било какви комбинаторики со Москва.
Економските бенефити би биле огромни
Експертската јавноста во Македонија е
Атанаско Туневски
Владимир Путин
З
длуката главно ќе зависи од нашите европски партнери дали сакаат стабилно, гарантирано и апсолутно транспарентно снабдување со енергенси од Русија и тоа без ризици при транспортот.
поранешен директор на МЕПСО
а ново најавениот руски гасовод преку Турција се уште се знае многу малку, но ако тоа е нов проект значи ќе треба да помине доста време додека дојде во фазата на изградба во која е сега Јужен Тек. прилично поделена околу извесноста за реализацијата на овој руски гасовод поради разни геополитички и технички пречки, но никој не негира дека земјата би имала големи бенефити ако се најде на трасата на најважниот гасовод во регионот. „Едно е да живееш на периферија и да си инфраструктурно слепо црево, а друго е гас да добиваш од главната траса на клучниот гасовод. Јас не знам колку скоро и дали овој проект ќе се реализира, но ако се реализира тогаш придобивките кои Македонија ќе
претседател на Русија
О
ги има од него се повеќе од неоспорни“, вели универзитетскиот професор Антон Чаушевски. На нашето прашање на кои конкретни придобивки мисли, Чаушевски наведе две најважни. „Како прво секогаш е поевтино да купуваш гас директно од изворот отколку да го преплаќаш преку прекупувачи. Значи ако ние купувавме гас преку Бугарија или Србија сигурно цената ќе беше барем малку повисока, а тој дел ќе одеше кај овие
www.kapital.mk
Капитал број 800 27.02.2015
14
cover story Како ќе изгледа, колку ќе чини и каде ќе поминува новиот руски гасовод?
Н
ад 19 милијарди долари изнесува проектната вредност на гасоводот "Турски поток", кој Русија ќе гради со Турција, од кои најголем дел или цели 18 милијарди долари ќе бидат инвестирани за трасата под Црното Море. Вкупно 910 километри од трасата ќе поминува под Црното Море, а 660 километри ќе одат по трасата на поништениот проект "Јужен поток". Почетокот на новиот гасовод е на рускиот брег во близина на Анапе и поминува под Црното Море па се до турско-грчката граница во близина на Ипсала. Околу 260 километри траса по копно ќе минува низ турска Тракија и ќе дојде до турско-грчката граница. "Газпром" објави дека планира да започне со изградба на морската траса од 1 октомври оваа година, а Турција, која ќе гради трасата по копно, ќе стартува на 15 декември. Предвидено е првите испораки на гас преку "Турски поток" да се случат на 30 декември 2016 година, по што се очекува Турција да стане втор по важност пазар за рускиот гас по Германија. "Турски поток" беше договорен при посетата на рускиот претседател Владимир Путин во Анкара и се предвидува да биде со моќност 63 милијарди кубни метри гас годишно, од кои 50 милијарди ќе се испорачуваат на новиот гасен центар на турско-грчката граница. Според сегашните планови Европската унија ќе мора со сопствени средства да изгради сопствен гасовод до грчко-турската граница ако сака да добие гас по алтернативна и посигурна рута која ќе ја заобиколува Украина. Моментално ЕУ околу 30% од своите потреби за гас ги обезбедува од Русија, а половина од тој гас се транспортира до Европа преку гасоводот кој минува низ Украина. Претседателот на Газпром Алексеј Милер и министерот за енергетика и природни ресурси Танер Јилдиз со хеликоптер ја надлетаа планираната траса на новиот гасовод од Русија до Турција, преку Црното Море.
соседни држави. Сега ситуацијата е обратна. Како второ каков и да е крак да се градеше до Македонија тој ќе беше периферен и со ограничени количини. Вака добиваме директен пристап до клучниот гасовод од каде со мали или никакви инвестиции ќе може да добиваме секогаш доволни количини на гас. Втор аспект кој исто така не е занемарување се и фиксните надоместоци за закупнина на територијата. Познато е дека на Бугарија и беа ветени 400 милиони евра годишен профит од поминувањето на Јужен Тек низ нејзина територија. Веројатно во случајот со Македонија оваа сума ќе биде помала, но реално е да се очекува Македонија секоја година да инкасира барем неколку стотици милиони евра“, смета Чаушевски. Поголем скептицизам владее во врска со техничкиот аспект од реализацијата на овој проект. Атанаско Туневски поранешен директор на МЕПСО смета дека не треба да се изедначува Јужен Тек со Турски Тек, туку дека станува збор за комплетно нов гасовод за кој ќе треба комплетно нов период за целосна реализација. „За ново најавениот руски гасовод преку Турција се уште се знае многу малку, но со оглед на тоа што ова е нов проект, значи ќе треба да помине доста време додека дојде во фазата на изградба. Плус тоа и преку Турски Поток и преку ТАП се предвидуваат поврзување на Македонија преку Грција што ја прави земјава дополнително зависна. Сите знаеме какви се односите со јужниот сосед и колку лесно може да се блокира таквото поврзување“, вели Туневски. Проценката која ни ја дојдоа сите експерти кои ги консултиравме е дека скоро и невозможно е да се очекува реализација на овој проект во период пократок од пет години.
Какви политички последици може да има Македонија ?
За разлика од економските кај политичките аналитичари владее радикално различно или целосно скептично мислење околу овој проект. Првиот македонски министер за надворешни работи и актуелен универзитетски професор Денко Малевски е повеќе од дециден дека инволвирањето на Македонија во овој проект сигурно ќе ги наруши релациите на земјава со Западот. „Ако веќе сме се определиле за Евро и НАТО интеграции тогаш конзистентно треба да се усогласиме со нивните политики па понекогаш и со нивните интереси. Во услови кога во Бугарија паѓаат влади и се плаќаат пенали за истата работа нелогично и неразумно е да се размислува дека Македонија ќе може да го реализира истиот забранет проект за соседите без некој наш западен партнер да се почувствува засегнат од сето тоа. Лично сакам да верувам дека нашата влада ќе биде разумна по ова прашање и пред да донесе било каква одлука ќе ги земе во предвид сите можни аспекти и последици на оваа голема геополитичка тема“, смета Малевски. Тој генерално е скептик дека целиот проект ќе се реализира со оглед на фактот дека и Србија веќе не е сигурен руски партнер како што тоа некогаш беше. „Белград добива отворени понуди од Западот за алтернативно снабдување со гас. Не само што добива туку и сериозно ги разгледува. Така да целата работа во континуитет се врти против интересите на Москва, што многу лесно може да се значи дека Русија на крај ќе се повлече од проектот како што се повлече претходно од Јужен Тек“, вели Малевски. nnn
Повеќе од 200 директори и сопственици на компании од повеќе од шест држави на едно место Crowne Plaza, 26.03.2015
l Заживување на градежништвото како услов за стопански раст l Како да бидете дел од врвот на Југоисточна Европа и да опстанете – концерн Агрокор l Енергетска сигурност на регионов l Каде се кријат добрите кадри l Како да се зболеми трговската размена со Турција и подобро да се искористат билатералните договори l Неискористени потенцијали на агробизнисот
Н
а 26-ти март во хотелот Crown Plaza во Белград ќе се одржи 4-тата регионална конференција на Бизнис плус насловена како „Стопаствениците од повеќе од 6 држави на едно место“. На конференцијата ќе бидат присутни над 200 учесници и по Загреб, Будва и Сараево, повторно на едно место ќе се здружат деловните информации, компаниите и медиумите од повеќе од 6 земји. Минатата година, во првата година од работата на Регионалниот
деловен клуб на „Бизнис плус“, вакви конференции се одржаа во Загреб, Будва и Сараево, на кои учествуваа повеќе од 500 директори и членови на управните одбори на компаниите од БиХ, Црна Гора, Хрватска, Македонија, Словенија и Србија, а со нив беа и уредници, директори и новинари на партнерските, но и другите медиуми од регионот. Нашата желба е на овие средби, каде што се склучуваат сè повеќе деловни договори, да дојдат претставници и од Вашите компании.
МЕЃУ УЧЕСНИЦИТЕ НА КОНФЕРЕНЦИЈАТА ВО БЕЛГРАД ЌЕ БИДАТ:
Анте Тодориќ
Ензо Смрекар
Минчо Јорданов
Јанез Шкрабец
Душко Јовановиќ
Радмила Спасиќ
Светислав Костиќ
Душан Олај
Матиц Вошњак директор на Competa
д-р Зоран Миливојевиќ
Зијад Беќировиќ
Горан Живков
извршен потпретседател за малопродажба на Агрокор и надзорниот одбор на Меркатор
директор на Delta Reat Estate
генерален директор на стратешко-деловното подрачје на Атлантик груп и член на управата во Дрога Колинска
директор на Секторот за даночно советување во Delloitte
претседател на одборот на директори на Бетон и сопственик на Макстил, винаријата Стоби и Ре-Медика
директор на Duola
директор на Рика
генерален директор на Сава осигурување
психотерапевт
МОДЕРАТОРИ НА КОНФЕРЕНЦИЈАТА СЕ:
Петар Франкл
Finance главен уредник и директор
Мијат Лакичевиќ
Novi Magazin заменикглавен и одговорен уредник
Дарко Буковиќ
Privredni Vjesnik главен уредник и директор
Ifimes директор
ПРИЈАВА И ИНФОРМАЦИИ ЗА КОНФЕРЕНЦИЈАТА: Гордана Михајловска, marketing@kapital.com.mk, gordana.mihajlovska@kapital.mk тел. +389 70 346 376 големи партнери:
Seedev директор
www.kapital.mk
Капитал број 800 27.02.2015
16
патот напред
Што ЕУ сака со Македонија!? (репринт колумна од 17 септември, 2013)
Љупчо Зиков
П
ljupco.zikov@kapital.mk http://www.facebook.com/ljupco.zikov
Пораката до Брисел упатена од Скопје би требало да гласи (не дека таму не ја знаат), дека држењето на Македонија далеку од преговорите со ЕУ, наскоро би можело да се трансформира во внатрешна дезинтегрирачка енергија!? Тоа ќе се случи многу брзо, може и идната година. Прашањето до ЕУ е: што вие всушност во Брисел сакате од Македонија? Да прогласиме еутаназија ли? Оваа дезинтегрирачка компонента која подолго време наназад, како кукавичко јајце, ни ја вградува Грција и неколку европски партнери како Франција, на пример ... со апсурдноста на нивната позиција околу името (а во услови кога Европа која е заробеник на своето „солидарно одлучување со консензус„ упорно молчи), а ова во Македонија се заканува да стане главниот конфликтен фактор! Ќе го издржиме ли тоа, или повторно ќе влегуваме во конфликт, ќе менуваме
Устав во некоја блиска иднина! И сето тоа практично под тивок и дискретен диктат на Брисел!? Да, да, во Брисел сигурно на ова ќе речат, во заблуда сте ... вашиот проблем е друг и голем - правете реформи, борете се против корупцијата и организираниот криминал, судството ви е корум-пирано ... средете го судството, развивајте економија и отворајте работни места и ќе нема никаков проблем!? Сепак не е така. Затоа што денес да се слуши сето тоа граѓаните мора да веруваат во повисоки цели и да ошекуваат нови нивоа ... Македонските граѓани предолго време се дават во во ова мочуриште ... Повисоките цели во овој период од векот се евроатланските интеграции ... И не заради тоа што унијата е не знам колку среќно „решение без фрустрации„, оти фрустрации на Балканот, како што гледаме, и чувствуваме, има колку сакаме, и во нашите темни вилаети по дома. Туку пред се како егзистенцијален, развоен модел кој поради големината и вредностите што ги создал нуди реализација и квалитативно различен модел на искажување на секој поединец кој себе си се смета за професионалец со дарба нешто да каже и да живее од својата професија, бизнис, инвестиција, уметност ... Па нека е во прашање и „сомнителен балканец и Македонец тесни во паметот„ за какви веројатно не сметаат во Брисел, Париз, Берлин, Софија, Атина, Белград ... Ова што го пишувам не е без покритие! Оти политиката на Грција кон Македонија околу името во основа не е проблемот на името? Овде, веројатно проблемот е многу подлабок и посуптилен ... а играта е многу поголема? Како на друг начин да се разбере, на пример, отворената, недипломатска и вулгарно јасна подршка на Франција за Грција во континуитет. Знаеме дека Франција и Германија се главната спрега на ЕУ. Поради оваа и вакви слични јасни пораки и подршки, Андонис Самарас грчкиот премиер пред извесно време излезе со јасен став дека „Скопје нема проблем со Грција, туку со Европската
Унија„, па затоа демек нема што да се гледа со Никола Груевски. Европа одмолча на оваа изјава на Самарас, а непосредно потоа тој во Атина го прими Алија Ахмети. Пред дванаесет години Јоргос Папандреу, тогашен министер за надворешни работи на Грција (ПАСОК), Ибер Ведрин министер за надворешни работи на Франција, Јошка Фишер министер за надворешни работи на Германија на Азорските острови, на неформална средба се солидаризирале околу „стравот на Папандреу од преголемото учество на муслиманско население во Скопје„!? Ова го извести грчката новинаска агенција АНА. Буквално така стоеше во соопштението, и тоа со додавка дека „населението во Македонија е 40 и повеќе посто муслиманско„. Непосредно потоа Фишер за загребски Глобус даде интервју во кое вели дека во наредните дваесет години Балканот го гледа како во времето на Хабсбуршката монархија! Силна доминација на Хрватска на запад, и силна доминација на Србија на исток и југ. Ниедна друга држава од Балканот не спомена во тоа интервју. Висок функционер на ПАСОК во 2001 година, на авторот на овие редови, среде Атина, му објасни дека „Грција нема проблем со името Македонија. Грција има проблем со тоа кого и што признава под името Македонија. Оти Грција стравува дека после 20 години некој нов Алија Ахмети може, во името на друга кауза, да рече Солун е наш„!? Ве упатувам исто така да ја гледате и српската емисија „Чирилица„ од 17 јуни (17-06) 2013 година (you tube.com). Особено слушнете што во таа емисија зборува еден лик со брада, и без многу коса, кој е претставен како најистурениот советник на Слободан Милошевиќ (по десет саати на ден) повеќе од десет години. Видете што зборува отприлика на 1 час од емисијата. (Свртете на 1, 00 час и гледајте до 1, 15 минути)!? Интересна емисија. Човекот се си кажува за правецот на движење на
www.kapital.mk
Капитал број 800 27.02.2015
17
n
Политиката на ЕУ кон Македонија е дефетистичка и без концепт! На пример, кога станува збор за клучното прашање за опстанокот на Македонија, евроатланските интеграции (читај решавање на проблемот со името) нејзината политика се сведува на тоа едната страна во спорот за името, ако е можно да „цркне„, и потоа да нема причина за преговарање!? Да се изгуби предметот на преговори.
n
Во време кога Македонија се дави во проблеми по сите основи, корупција, изнуда, рекети, криминали, политички криминал, кога крвариме од десет рани, ЕУ не подава рака. Во прашање е доведена судбината на цела една нација. Ова е современиот политчки и културен геноцид кој ЕУ го имплементира во втората деценија на 21 век , туку треба силно да се насочи кон преговори со ЕУ за добивање датум за преговори!? Низ преговорите НИЕ се сами ке си решиме, а овде секој ке си го добие она што го заслужува.
n
Оттука, сите овде треба многу гласно да викнемекон Берлин и Брисел. Дајте преговори! Оваа генерација македонски граѓани не бараат ништо повеќе од тоа што сте го дале на другите европски нации! Затоа што овде, како сакате разберете, сепак не живејат зомби и експериментални жаби. Оваа нација бара достоинствено да прегова со ЕУ, како што тоа го прават Србите и Црногорците, како што тоа го направија Хрватите, Бугарите и Романците... Што сме ние полоши од нив.
n n
За се што ќе се случува во иднина во Македонија, а ке се случи сериозна дестабилизација ОДГОВОРНА ЌЕ БИДЕ Европската Унија.
Пораката за новото раководство на ЕУ, најверојатно на чело со германецот Јункер од сите целни групи во Македонија (студенти, младите, земјоделците, бизнисмените и инвеститорите, работниците и уметниците и спортистите) треба да биде: држејки ја Македонија со „пиштол на главата„, ЕУ не се става себе во позиција на кредибилна институција која решава проблеми, туку само страна и соучесник во тивкиот егзодус на македонската нација.
n
Идната европска управа, но и Ангела Меркел и Оланд (во чие време Франција се трансформираше во безначајна европска земја, која е само ортопедско помагало на Германија, мора да разберат еднаш за секогаш дека овде јужно од Србија и северно од Грција, не живеат само домашни животни, туку и луѓе живеат.
n n
Дајте ги преговорите, потоа ќе цените не бива или не.
И уште нешто треба да разберат ... Кога ке ни дадат преговори, кога ке ги отвораме глава по глава, и кога ке дојдеме до глава 24 и глава 25, тогаш ова општество и оваа држава и нејзините институции ќе покажат што знаат и умета и колку се цврсти. И сами ќе расчистиме тоа што треба да го расчистиме ...Ке ги истребиме „вошките од сопствените глави„ како би станале убави за прием во големото европско семејство...
Македонија. Сево ова на Македонија и се слушува во време кога македонските граѓани даваат огромна подршка на зачленувањето на својата земја во ЕУ! Над 70%. Брисел го игнорира овој момент. Но македонските граѓани многу добро знаат зошто сакаат членство на Македонија во ЕУ! Членството на земјата во ЕУ денес се напетнува како единствена опција и за спас и за развој на општеството и државата. Апсурдно е но е така. Само преговорите со Брисел за членство (го чекаме датумот упорно) се можност светлото во македонската темница да се запали и да се видиме кој сме, кај сме и зошто сме ... „Македонцките работи„ на Крсте Мисирков денес зависат исклушиво од овој момент. Сите ние овде сакаме, а на домашните „битанги од сите партиски бои и
професии„ да им порачаме, дека преговори со ЕУ ги сакаме, за да конечно „запалиме светло„ и да се видиме кои сме. Пазарно да се измериме – овде по дома. Македонските инвеститори, деловни луѓе, претприемачи, иноватори, научници, студенти, спортисти, режисери, сценаристи, писатели ... Сите тие не се „удрени во главите„, иако некој во Брисел можеби мисли дека се! Што е крајно потценувашки и не фер. Оваа генерација македонски граѓани од сите етнички групи овде заслужуваат шанса чесно да преговараат за членство на својата земја во ЕУ. Но, молчи Ромпуј, молчи Баросо, молчи Ештон, молчи Меркел ... Оланд се прави како да е потомок на некој Марсовец!? Сите молчат! Пред кого бре молчите? Пред банкротираната, а сеуште богата
Грција ли? Пред вашите европски олигарси кои во спрега со грчките олигарси и со корумпираните Неа Демократија и Пасок цела деценија крадеја европски фондови, па денес се заложници на таа колосална „изнуда„ и не можат правилно да пресечат за Македонија ли? Кој е овде корумпиран? Оттука, сосема е легитимен заклучокот и чувството дека некои сили во Европа чекаат да скапеме од внатре!? Сами да си пресудиме. Затоа треба на еден глас сите овде по долината на Вардар да викнеме! Доста е ова. Дајте преговори оти сме дел од Европа, и оти ги заслужуваме. Овде сепак не живеат само домашни животни, туку и луѓе живеат. Дајте ги преговорите, потоа ке цените не бива или не. Оваа нација не сака вечно да прима инфузија! nnn
www.kapital.mk
Капитал број 800 27.02.2015
18
Startup
Почна натпреварот за парите од Фондот за иновации
Стартапите добиваат државна поддршка. Еве како тоа го прави светот! Државниот Фонд за иновации формиран лани, го објави првиот јавен повик до македонски компании што имаат потреба од финансиска поддршка за својот развој. Шанса за стартапите да приберат пари за полесно да ги комерцијализираат своите иновативни производи и услуги. Капитал анализира и како функционираат најразвиените стартап сцени во светот. Најважна за нивниот успех е извонредната спрега помеѓу државниот и приватниот капитал.
П пишува:
Игор Петровски
igor.petrovski@kapital.mk
После години на колебање и одбивање, европските влади почнаа да сфаќаат дека претприемништвото креира работни места и е добро за економијата, покажуваат . Прифаќајќи ја вредноста што ја даваат стартапите, владите ширум континентов форсираат различни
типови на иницијативи за да ги помогнат локалните стартапи во борбата да преживеат првата година, а потоа да растат и се развиваат. Каква е ситуацијата во Македонија? Деновиве беше објавен првиот јавен повик за доделување парични средства од страна на Фондот за иновации и технолошки развој, кој што официјално почна да функционира минатата година. Повикот е во рамки на инструментот “Ко-финансирани грантови за стартап, спин-оф компании и иновации, односно за фирми што не се постари од шест години. За оваа цел се обезбедени 600.000 евра, а за сите планирани четири инструменти за годинава на Фондот се предвидени 2.280.000 евра. Останатите три инструменти на Фондот се наменети за комерцијализација на иновации, трансфер на технологии и техничка помош преку деловно-технолошки акцелератори.
“Парите од првиот инструмент се наменети за развој на иновативен производ, услуга или процес, а не како оперативен капитал или експанзија на бизнис во конвенционална смисла на зборот“, објаснува директорката на фондот, Јасмина Поповска. Според светските искуства постојат повеќе пристапи што државите ги има при поддршката на локалните стартап екосистеми, но фокусот најмногу се става на овие клучни елементи: визибилноста на екосистемот, охрабрување на инвестициите (особено во рана фаза или финансирање од бизнис ангели), олеснување на основањето бизниси, раст на бизнисите и акцелерација.
Не се само парите, потребно е и менторство за стартапите
Македонија својот Фонд за иновации, односно неговите инструменти ги креирала врз основа на искуствата од соседните земји, или поточно Фондот за иновативна
www.kapital.mk
Капитал број 800 27.02.2015
19 светот и стартапите САД Силиконска долина. За оваа лабораторија на идеи во високата технологија ретко кој не чул. Најголемиот и најуспешниот стартап еко систем во светот, лоциран крај Сан Франциско, е дом на илјадници стартапи, но и на веќе етаблирани и големи технолошки корпорации (Apple, Cisco, eBay, Facebook, Google…). Но, во САД има уште неколку стартап екосистеми кои што се рангирани меѓу првите 10 во светот: Лос Анџелес, Сиетл, Њујорк, Чикаго... Успехот на стартап сцената во САД е резултат на комбинацијата од државна (на национално и локално ниво) и приватна поддршка. Не случајно и Белата куќа е креатор на “Startup America” иницијативата која што е платформа за обединување на најиновативните претприемачи во земјата, корпорациите, универзитетите, фондациите и останатите засегнати страни, кои работат во координација со широк спектар на владини агенции основани со единствена цел: развој на претприемачкиот дух, успешни стартапи и висок економски раст за нацијата.
Велика Британија Британците се фокусираат на креирање меѓународни брендови во нивната стартап заедница. Во тој правец се насочени иницијативите поддржани од владата, како што е основањето на кластерот TechCity во Лондон, кој што е трет по големина кластер за технолошки стартапи во светот, по оние во Сан Фрнациско и Њујорк. Развојот на овој кластер е поддржан и од локалните и националните власти, со цел да прерасне во пандан на Силиконската долина од САД. Досега во TechCity инвестирале компании како Cisco, Facebook, Google, Intel и др., а неколку универзитети од Лондон се академски партнери во проекти што се работат во кластерот.
дејност на Србија, Хрватската агенција за мали претпријатија, иновации и инвестиции(HAMAGBICRO), како и двата акцелератори (Eleven и LAUNCHub) во Бугарија, објаснуваат од Фондот. “Во подговтовките на инструментите на Фондот во изминатиот период активно беше вклучен и Џошуа Глајтман, меѓународни експерт кој претходно работел на развој на слични инструменти во земјите во развој, вклучително и како стратешки консултант при воспоставувањето на Фондот за иновациска дејност на Србија. Во процесот на воспоставувањето на оперативните правила и процедури, како експерт ангажиран од страна страна на Светската банка беше вклучен Рави Гупта, експерт во областа на иновации и ризичен капитал (venture capital)“, објаснува директорката Поповска. Поповска ни објасни и кои ќе бидат луѓето што ќе одлучуваат кои фирми ќе добијат државна финансиска поддршка. “Според најдобрите пракси што ги проучивме од светот, во процесот на селекција вклучени се меѓународни
експерти. Оценувањето на предлог проектите и конечните одлуки за доделување пари се носат од страна на Комитетот за одобрување на инвестиции при Фондот за иновации и технолошки развој. Овој комитет е составен од 5 меѓународни експерти, избрани на отворен повик, со повеќе од 10 годишно искуство во областа на претприемништво, инвестиции во иновации и финансирање почетни бизниси“. Инаку, во поглед на шансите на еден стартап да доживее раст и развој, да истакнеме дека само 2% од стартапите во светот успеваат да ја преживеат првата година, податок изнесен на конференцијата Spark.me, одржана во Црна Гора лани. Еден од говорниците, Дејвид Раскин, кој што е инаку директор на Microsoft Ventures, истакна дека за оние 98% што пропаѓаат во старт, причина е што не успеале да обезбедат финансии и менторство. И додека овие бројки се нешто пониски во стартап заедниците како Тел Авив или Силиконската долина, ширум планетата само мал број претприемачи навистина
Франција Француското министерство за дигитална економија го лансираше минатата година La French Tech, технолошки парк каде што ќе се вложат преку 200 милиони евра во иницијативи за поддршка на домашниот стартап екосистем. За учество во овој проект конкурираат бизнис акцелератори, инкубатори и сл., кои што треба да исполнат одредени критериуми.
Германија Германските владини напори за поддршка на стартапите се помалку видливи за разлика од Франција или Британија, на пример. Берлин добива голем публицитет како водечки стартап центар во земјата, но тоа не секогаш е резултат на владина поддршка, туку повеќе на концентрација од висококвалитетни стартапи. Некои од најамбициозните стартап иницијативи, како The Factory, речиси целосно се независни од владина инволвираност, што има свои предности, но и мани.
Ирска Преку организациите од типот на Enterprise Ireland и сл., државата финансиски поддржува претприемачи, со фокус на извозно насочените. Поддршката вклучува финансирање на развојот, совети, менторство, како и практична помош за влез на странски пазари. Владата има план да потроши 100 милиони евра директно во финансирање на seed и venture фондови, комерцијално фокусирани. Од приватни извори, силна финансиска поддршка доаѓа од локални бизнис ангели, т.н. seed фондови, и venture капиталисти. Изминативе неколку години преку 35 странски venture фондови инвестирале во ирски стартапи или во компании што се во рана фаза на развој. Ирска има мрежа од државни и приватни стартап акцелератор програми. Една независна студија покажала дека во Ирска се наоѓаат три од осумте врвни вакви програми во Европа.
Компатибилни и оригинални тонери и кертриџи со врвен квалитет, професионална услуга и брза испорака.
КРЕАТИВА.инк тел.+ 389 2 32 33 132 www.kreativa.ink
www.kapital.mk
Капитал број 800 27.02.2015
20
Startup Како Израел стана стартап велесила? Армија и неколку разузнавачки единици (8200, Talpiot…)
75 venture капитал фондови +акцелератори
9 универзитети: истражувачки центри и инкубатори (Technion, TAU, IDC, Ben Gourion..)
5.000 стартапи (3500 во областа на високата технологија)
280 глобални компании филијали и 220 лаборатории за истражување и развој (Microsoft, IBM, Yahoo, Intel, Google, Apple…)
Л
оцирана во крајно негостољубив пустински предел на Блискиот Исток, помала по површина од Македонија, со 4 пати поголема популација, Израел е земја растргната од меѓуетнички и меѓурелигиски судири, доминантно еврејска земја опкружена со дваесетина арапски држави кои што се сe’, само не пријателски настроени кон неа. И во такви околности, земјата го има еден од највисоките национални доходи по глава на жител во светот и извонредно развиена стартап сцена како еден од клучните предуслови да се постигне токму тој висок стандард на живеење. Стартап екосистемот на Израел почнува да се создава некаде пред 25 години, и денес повеќе од 5.000 стартап бизниси (од кои 3.500
60 инкубатори – акцелератори (Microsoft Ventures, The Time, Explore, Elevator…)
Државни институции (Министерство за економија, Invest in Israel, Matimop, Канцеларија на главниот научник...)
во високата технологија) се основата на овој иновативен “мотор“ за израелската економија. Тел Авив денес го има вториот по големина и успешност стартап екосистем во светот, веднаш зад Силиконската долина во САД. Кои се основните фактори за оваа “стартап состојба на умот“ што владее во Израел? Прво, ДНК-та на луѓето во Израел е направена од “пионерски“ дух, односно секоја генерација на имигранти градела нов живот пристигнувајќи во државата (јазик, култура, работа, околина...). Тие морале да експериментираат брзо и паметно со нови идеи, нови методи, нова средина... Исто така, децата се едуцирани да размислуваат слободно. Од најмала возраст се учат да бидат одговорни, независни, креативни и да
размислуваат брзо, наместо да поминуваат низ систем на строга дисциплина и традиција. Несогласувањето и аргументираната дискусија се добредојдени во израелската култура. Третата, клучна работа што придонесува за овој иновациски мајндсет е 2-3 годишната задолжителна воена обврска. Соочени секојдневно со тешки ситуации, младите војници имаат силна способност да размислуваат, креираат и наоѓаат многу практични решенија. Армијата исто така и дозволува на младата генерација да има близок контакт со високата технологија, особено ако служат во разузнавачките единици. Таму може да станат стручњаци за програмирање, големи бази на податоци и решавање големи проблеми.
успеваат да ги остварат своите соништа и да изградат компанија.
Подобро е пари од инвеститори или држава, одошто од семејство и пријатели
Ɇɢɧɢɫɬɟɪɫɬɜɨ ɡɚ ɮɢɧɚɧɫɢɢ
Се можеш да заборавиш, ама данок не!
ПОДНЕСИ ГОДИШНА ДАНОЧНА ПРИЈАВА ДО 15 МАР Т!
Осврнувајќи се на европските 2%, Раскино ги претстави и бројките од 2013 година, кога е во прашање т.н. “венчр“ капиталот (venture capital – пари обезбедени од инвеститори за поддршка на стартап фирми со висок потенцијал за раст, но и ризик, кои што немаат пристап до пазарите на капитал, н.з.). За 365 дена, само 330 европски стартапи успеале да обезбедат финансирање, што е помалку од еден проект по ден. Просечната seed (seed=семе, инвестирање во многу рана фаза на стартапот, при што обично вложувачот купува удел во бизнисот, со цел да го поддржи до моментот кога може да генерира сопствен профит, н.з.) инвестиција изнесувала 0,66 милиони евра, а повеќето од тие стартапи обезбедиле инвестиција по 8-12 месеци од почнувањето. Една третина од финансираните early stage стартапи продадени се на поголеми компании, и тоа за износи помали од 5 милиони евра.
www.kapital.mk
Капитал број 800 27.02.2015
21
2,3
милиони евра се предвидени годинава за сите четири инструменти од државната поддршка на стартапите, иновациите и претприемништвото
“Европа, а особено регионот на Балканот, полни се со неверојатно талентирани и стручни луѓе. Меѓу европските стартапи има навистина квалитетни, но повеќето од нив се обидуваат да ги решат проблемите на пазарот на САД. Би било одлично кога би се фокусирале повеќе на проблемите што ги преокупираат жителите на европските држави. Верувам дека тоа е еден од неискористените потенцијали што допрва ќе заживее“, истакнува Раскино.
Јасмина Поповска
директор на Фондот за иновации:
Г
и користевме претежно српското, хрватското и бугарското искуство во креирање на инструментите за поддршка на иновациите и претприемништвото.
Кога се почетните инвестиции во прашање, постојат два основни типа: FFF (Family, Friends and Fools – семејството, пријателите и “будалите“), како и класичните seed инвестиции. Меѓутоа, искусните претприемачи велат дека парите обезбедени од семејството и пријателите не претставуваат вистинска валидација на идејата, туку основачите ги ставаат во зона на комфор, обезбедувајќи им средства за работа, но не и потребно менторство и мрежа
600
илјади евра ќе бидат потрошени годинава од Фондот за иновации за поддршка на стартап компании
на контакти. Од друга страна, seed инвестицијата е дизајнирана како алатка за тестирање производи и бизнис модели. Тоа значи тестирање на готов производ, одредување продажба маржа, пазари и други фактори клучни за креирање одржлив развој. Тој што ќе успее да ги “отклучи“ овие работи, може многу да постигне – особено кога се работи за обезбедување други инвестициски рунди. nnn
www.kapital.mk
Капитал број 800 27.02.2015
22
банките и бизнисот
Кредити за фирми (милиони евра)
2.198
2.196
2.203
01-2014
02-2014
03-2014
2.229
04-2014
2.246
2.274
2.269
2.
2.209 05-2014
06-2014
07-2014
08-2014
09-
Конечно одмрзнување на кредитир
"Тепачка" меѓу за добрите ко Што ќе се бара
НБМ: банкарите ги олеснуваат усло
www.kapital.mk
.266
-2014
Капитал број 800 27.02.2015
специјален прилог 2.383 2.358 2.322 2.283
10-2014
2.291
11-2014
12-2014
01-2015
02-2015
рањето на фирмите
у банките омпании. ра?
23
Фирмите годинава ќе може полесно да добијат кредит од банките. Најновата анкета на Народната банка спроведена меѓу сите банкари покажува дека тие очекуваат да се олеснат условите за кредитирање на приватните компании, додека пак кај граѓаните, се очекува благо заострување на критериумите за одобрување кредити. Освен тоа, најголем дел од банкарите очекуваат дека ќе се намалат и каматите за корпоративните кредити. Ова се толкува како исклучително добра вест за бизнис секторот кој поминува низ сериозни финансиски проблеми
Ф пишува: Александар Јанев aleksandar.janev@kapital.mk
Фирмите годинава ќе може полесно да добијат кредит од банките. Најновата анкета на Народната банка спроведена меѓу сите банкари покажува дека тие очекуваат да се олеснат условите за кредитирање на приватните компании, додека пак кај граѓаните, се очекува благо заострување на критериумите за одобрување кредити. Освен тоа, најголем дел од банкарите очекуваат дека ќе се намалат и каматите за корпоративните кредити. Ова се толкува како исклучително добра вест за бизнис секторот кој поминува низ сериозни финансиски проблеми. Од Народната банка објаснуваат дека силната конкуренција меѓу банките и
ловите за кредитирање на фирмите
www.kapital.mk
Капитал број 800 27.02.2015
24
банките и бизнисот
Ѓорѓи Јанчевски
претседател на УО на НЛБ Тутунска банка
С
илната конкуренција меѓу банките во услови кога пливаат во пари не тера да ги бараме добрите фирми за да ги кредитираме, но од друга страна остануваме претпазливи кога станува збор за одобрување кредити за презадолжени клиенти. Ќе анализираме внимателно каква е нивната кредитна способност, какво обезбедување имаат и секако за каков проект бараат кредитна поддршка. Дополнителен ризик за кредитирањето годинава е дали економијата ќе влезе во нови турбуленции што ќе зависи од развојот на политичката ситуација. Ако состојбата се влошува, банкарите секако ќе реагираат со рестриктивни мерки.
вишокот ликвидност во нивните каси најмногу придонесува да ги олеснат условите за кредитирање за да може парите што ги имаат да ги пласираат во економијата. „Конкуренцијата од другите банки и ликвидносната позиција на банките се фактори коишто придонесуваат за олеснување на условите. Во однос на факторите поврзани со согледувањата на банките за ризикот, она што е значајно за оваа анкета е што се забележува одредено подобрување кај очекувањата за вкупната економска активност, така што за првпат по првиот квартал на 2010 година, овој фактор делумно придонесува за олеснување на кредитните услови на нето-основа. Факторите поврзани со очекувањата за перспективите на поединечните фирми и економски гранки, како и трошоците поврзани со капиталната позиција на банките се оценуваат како фактори коишто имаат нето- придонес во заострувањето на кредитните услови“, пишува во најновиот извештај на Народната банка за очекуваната кредитна активност годинава. Претседателот на Управниот одбор на НЛБ Тутунска банка, Ѓорги Јанчевски, вели дека банкарите буквално се натпреваруваат да добијат добри клиенти меѓу компаниите и тоа е тоа што доведува до олеснување на пристапот до капитал. „Условите за кредитирање се исти како и лани, засега не гледам значителни промени во кредитната политика. Силната конкуренција меѓу банките во услови кога пливаат во пари не тера да ги бараме добрите фирми за да ги кредитираме, но од друга страна остануваме претпазливи кога станува збор за одобрување кредити за презадолжени клиенти. Ќе анализираме внимателно каква е нивната кредитна способност, какво обезбедување имаат и секако за каков проект бараат кредитна поддршка. Дополнителен ризик за кредитирањето годинава е дали економијата ќе влезе во нови турбуленции што ќе зависи од развојот на политичката ситуација. Ако состојбата се влошува, банкарите секако ќе реагираат со рестриктивни мерки“, вели Јанчевски. Генералниот директор за управување со ризици во Стопанска банка, Тони Стојановски, оценува дека темпото на кредитирање
940
милиони евра имаат вложено банките во благајнички и државни хартии од вредност
КОЈА БАНКА КОЛКУ ГИ КРЕДИТИРА ФИРМИТЕ?! Комерцијална банка Стопанска банка НЛБ Тутунска банка Охридска банка Прокредит банка Халк банка Шпаркасе банка Стопанска банка Битола Еуростандард банка Уни банка
милиони евра 732 376,4 361,6 197,7 178,2 152,8 107,4 68,9 61,5 41,2
годинава ќе зависи од обемот на домашната економска активност но и од заздравувањето на еврозоната. „Имајќи ги предвид макроекономските проекции за домашната економија за 2015 година, од една страна, како и неизвесностите кои доаѓаат од Еврозоната, како наш најголем трговски партнер, од друга страна, наша оценка е дека оваа година може да се очекува благо зголемување на кредитниот раст на ниво од 8%-9%. Притоа, голем предизвик за банките ќе претставува одржувањето на квалитетот на кредитното портфолио и поголемо забрзување на кредитниот раст во делот на компаниите. Покрај очекуваната перцепција за намалени ризици во делот на кредитирањето на компаниите, мошне битно е да се воспостави подобар баланс на кредитниот раст помеѓу населението и компаниите. Тоа е значаен услов со цел кредитниот раст кој го генерираат банките да даде оптимален импулс на растот на економијата и истовремено да ја зајакне одржливоста на квалитетот на нивните кредитни портфолија”, објаснува Стојановски. Од Комерцијална банка исто така проценуваат кредитните активности ќе се одржуваат на ниво на раст како и лани, при што „тоа ќе биде раст кој ќе ја следи општата економска состојба и стапката на раст на бруто домашниот производ“. Според нивните податоци, фирмите, се уште
годишна промена 5,1% 6,8% 5,6% 7,4% 20,0% 26,1% 14,3% 10,1% 18,7% 4,3%
најчесто бараат кредити за обртен капитал, со цел подобрување на нарушената ликвидност на подолг рок, додека во помал обем имало и кредитни барања за нови инвестиции. Кај граѓаните, најголема побарувачка имало за станбени кредити. Од Прокредит банка објаснуваат дека „со оглед на тоа дека банките во Македонија се доста ликвидни, побитни услови за раст на портфолијата би биле квалитетот на проектите и општите економски придвижувања во државата. Сепак секоја банка сама одлучува каков тип на проекти ќе финансира и која таргет група ќе биде во фокусот на нејзиното работење. ПроКредит банка во фокусот на своето работење ги има малите и средни претпријатија кои претставуваат мотор на секоја економија и очекуваме раст на портфолиото над 10% годинава“. Од Охридска банка велат дека досега банката водела врамнотежена кредитна политика која овозможила раст со значително побрза динамика од банкарскиот сектор. „Годинава продолжуваме со истото темпо во очекување на континуирана кредитна поддршка на стопанството и населението. Очекуваме кредитен раст во рамки на комерцијалните таргети на одржлива основа од аспект на квалитетот на кредитното портфолио“, велат од Охридска. Од банката велат дека фирмите се особено заинтересирани за кредитите од странските кредитни линии (сервисирани преку МБПР,
НБМ: Кредитниот пораст годинава меѓу 9% - 10%
www.kapital.mk
Капитал број 800 27.02.2015
специјален прилог
25
Тони Стојановски
член на УО на Стопанска банка
И
мајќи ги предвид макроекономските проекции за домашната економија за 2015 година, од една страна, како и неизвесностите кои доаѓаат од Еврозоната, како наш најголем трговски партнер, од друга страна, наша оценка е дека оваа година може да се очекува благо зголемување на кредитниот раст на ниво од 8%-9%. Притоа, голем предизвик за банките ќе претставува одржувањето на квалитетот на кредитното портфолио и поголемо забрзување на кредитниот раст во делот на компаниите. Покрај очекуваната перцепција за намалени ризици во делот на кредитирањето на компаниите, мошне битно е да се воспостави подобар баланс на кредитниот раст помеѓу населението и компаниите. Меѓународната Финансиска Корпорација, дел од Светска Банка (ИФЦ) и ЕБРД) заради субвенционираните каматни стапки што ги нудат, како и бесплатните консултации и насочувања за поголема ефикасност. „Не е занемарлива и вредноста на кредити за работен капитал кои најчесто се бараат во форма на пречекорувања на сметката и краткорочни кредити“, велат од Охридска. Народната банка го регистрираше зголемениот интерес за кредити уште кон крајот на минатата година, при што особено е евидентирана поголема побарувачка од фирмите.
Во последниот квартал е евидентиран најсилен пораст на кредитирањето на приватните фирми од 4,5%, а според објаснувањата на Народната банка, освен солидните остварувања на домашната економија и закрепнувањето на приватниот сектор, ваквите движења во еден дел се должеле и на преземените мерки на монетарната политика, вклучувајќи ја и нестандардната мерка за поттикнување на кредитната активност за нето-извозниците и производителите на електричната енергија. Според податоците на НБМ, во втората половина од 2014 година со оваа мерка биле
470
милиони евра дадени во кредити се проблематични за наплата до јануари пласирани 7,4 милиони евра кредити. НБМ евидентира и поинтензивно користење на средствата од кредитната линија од ЕИБ. Во втората половина од минатата година биле повлечени 31,8 милиони евра, од кои околу 80% биле инвестициски кредити за поддршка на малите и средните претпријатија. „Банките во наредниот период очекув а ат н атамо ш н о з гол ему в а њ е н а побарувачката на корпоративните кредити. Од аспект на факторите коишто делуваат на корпоративната побарувачка на кредити, за нејзиното зголемување и натаму позначително влијание имаат инвестициите во залихи и
www.kapital.mk
Капитал број 800 27.02.2015
26
банките и бизнисот
обртен капитал, како и преструктурирањето на долгот. Во иста насока, иако во помал обем, делува и потребата за инвестиции во основни средства, така што се задржува позитивниот нето-придонес на овој фактор кон побарувачката, карактеристичен од крајот на 2013 година“, пишува во извештајот на Народната банка.
Слабата наплата ризик за кредитирањето
Еден од најголемите предизвици за банкарите годинава, како што признаваат самите тие, е да се справат со лошите кредити. Според последните податоци на Народната банка, во јануари салдото на лоши кредити изнесува 470 милиони евра што значи дека за еден месец се зголемило за 10 милиони евра. Од нив, 367 милиони евра се спорни за наплата од приватните фирми и околу 103 милиони евра од граѓаните. По одделни сектори, за најпроблематични должници важат трговските компании, индустријата, хотелите и рестораните како и фирми што се занимаваат со дејност во врска со недвижен имот. Банкарите велат дека овој негативен тренд може да влијае на промена на кредитната политика на некои банки, особено оние кои што имаат најголем удел на нефункционални пласмани во своето портфолио. Меѓутоа, потенцираат дека сигурноста и стабилноста на банкарскиот сектор воопшто не е доведена во прашање имајќи ја предвид
капиталната позиција на банките, која е двојно повисока од законски пропишаниот минимум од 8%, како и покриеноста на нефункционалните пласмани со резервации, која се движи некаде околу 100%. Состојбата може да стане загрижувачка ако се оствари песимистичко сценарио според кое македонската економија поминува низ нова криза. Резултатите од стрес тестовите што ги спроведе Народната банка покажаа дека доколку се случи најлошото сценарио во економијата, адекватноста на капиталот во банкарскиот сектор ќе се задржи над 12% што е значително повисоко ниво од законскиот минимум од 8% и тоа значи дека сите банки ги положиле стрес тестовите што им ги зададе централната банка. Меѓутоа, лошите кредити кај компаниите во најлош можен случај ќе достигнат 33,1% од кредитното портфолио, што во пари би било еднакво на околу 750 милиони евра спорни за наплата. По одделни сектори, најпроблематични за наплата би биле кредитите дадени на компании што се занимаваат со хотелиерство и угостителство, односно дури 44,7% од вкупните кредити, а според ова сценарио, инвеститорите во недвижности не би можеле да отплатат 43,1% од земените кредити. Состојбата кај граѓаните е подобра споредено со бизнис секторот. Лошите кредити дадени за населението според најлошото можно сценарио би се искачиле од 6,2% на 14,4%.
Патот на парите од банкарските во државните сефови
А кога компаниите тешко ги враќаат кредитите, банките се почесто ги пласираат вишокот пари во хартии од вредност. Заклучно со јануари годинава, банките имаат пласирано вкупно 940 милиони евра во државни хартии од вредност, од кои 414 милиони евра во благајнички записи што ги издава Народната банка и 525,5 милиони евра в државни обврзници издадени од Министерството за финансии. Тоа е огромен финансиски потенцијал што наместо да биде искористен како кредитна поддршка за реалната економија, стои стерилизиран во сефовите на државата. Бизнисмените постојано реагираат на оваа банкарска пракса вишокот пари да се инвестираат во хартии од вредност без ризик и бараа од државата да го намали задолжувањето на домашниот пазар со цел да изврши своевиден притисок врз банкарскиот сектор да ја зголеми кредитната поддршка за фирмите. Дел од економистите пак сметаат дека вложувањата на банките во државни хартии од вредност не влијае директно врз кредитирањето бидејќи обемот на кредитирање засега не е одреден од расположливоста на пари кај банките, туку од нивната перцепција за ризик. „Банките се уште се резервирани околу потенцијалот на барателите да ги отплаќаат кредитите и затоа растот на кредитирањето на фирми бавно се подобрува“, велат еконо мистите. nnn
www.kapital.mk
Капитал број 800 20.02.2015
специјален прилог
27
Индивидуализиран пристап кон потребите за кредитирање на клиентите
K
Кредитниот раст е еден од основните предуслови за поширок економски развој, што од една страна дава сигнал за зголемен оптимизам кај компаниите и носење на инвестициски одлуки, а од друга страна покажува зголемена доверба кај Банките од аспкет на кредитниот ризик. Од друга страна, пак, тоа што е битно е самата структура на новоодобрените кредити. Имено, од почетокот на глобалната криза па до денес, еведентен е тренд на зголемени потреби и барања за обртни средства за сметка на инвестициските вложувања. Во кризни и стагнантни услови ова е и очекуван тренд. Банката очекува промени во овој квалитативен аспект на кредитниот раст во насока на зголемување на бројот на инвестициските кредити, што во иднина ќе генерираат нова додадена вредност. За таа цел се моделирани и најповолните кредитни услови (пред се` рочноста и каматната стапка), кои во моментот ги нуди Комерицијална Банка, дали преку сопствени средства или кредитни линии. Можеме да заклучиме дека евидентен е трендот на намалување на каматните стапки и очекуваме овој тренд да продолжи и во наредниот период. Комерцијална Банка АД Скопје во неколку наврати изврши корекција на каматната политика, а и во иднина ќе се користи секоја можност за дополнително намалување. Наша проценка е дека за да се реализира успешен проект кој ќе може да ги сервисира кредитните обврски од клучно значење се добрите услови за финансирање. За таа цел, банката учествуваа во сите кредитни линии реализирани преку МБПР кои овозможуваат кредитни поволности за клиентите. Во последните неколку години, исклучително актуелна е кредитната линија од ЕИБ со фиксна каматна стапка од 5,5% годишно. Горди сме на фактот што Комерцијална Банка АД Скопје е поединечно најголем корисник на оваа линија. Банката има генерален пристап на
флексибилност за своите производи во рамките на законските прописи и регулативата на НБРМ. Се` додека крајната цел и визијата за некој проект е константна, чекорите можат да трпат промени. Понекогаш тие се кратат во вид на предвремена отплата на кредитот за определен проект, а некогаш бараат продолжување. Од друга страна, пак, трендот на намалување на каматните стапки ги следи и постојните клиенти, без разлика на повисоката договорна камата на почетокот на проектот, со што се трудиме бенефитите од намалувањата да бидат со широк опфат и за што поголем број клиенти. Ова значи дека имаме доверба во одлуките на клиентите и нивните проценки на пазарните потреби, а наша цел и задача е да ги моделираме нашите производи на тие потреби. Сепак, нормално е да се очекува посилен раст во дејности кои се традиционално присутни и за кои домашните компании имаат конкурентски предности (металопреработувачка, текстилна, прехранбена индустија и слично). Посебен акцент се става на извозот на компаниите преку комплетно покривање на деловните односи: гаранции, акредитиви, форфетирање, директно кредитирање и фактичка реализиација преку девизниот платен промет. Банката останува отворена и за дејности со повисока додадена вредност, кои очекуваме да се развиваат во наредните години и нивното учество во БДП постепено да се зголемува (услужни дејности, ИТ, телекомунакиции и слично). Главен таргет на овие дејности очекуваме да биде странскиот пазар. Проектното финансирање е релативно нов производ, иако неговата суштина преку друга форма од секогаш е присутна во производите на Комерцијална Банка АД Скопје. Во последните неколку години, успеавме да реализираме голем број на проекти од различни дејности (енергетски комплекси, трговски центри, хотели, болници, катни гаражи) и искуството е исклучително позитивно. Дел од овие проекти се финансирани самостојно, а дел во партнерство со други банки (домашни и мегународни). Концептот на проектно финансирање дава бенефит и за клиентите и за банката, пред се` од аспект на транспарентноста на процесот на инвестирање, партнерскиот однос и силниот заеднички интерес за успех на проектот. Во моментов работиме на соодветни производи за инфрастуктурни проекти на државно, но и на локално
Комерцијална Банка АД Скопје е лидер на пазарот на кредитирање на компании со пазарно учество од околу 30% во овој сегмент. Фокусот кон корпоративниот сектор е стратешка определба на Банката, која овозможува креирање на конкурентни кредитни производи што во голем дел се адаптибилни за конкретните потреби на нашите клиенти. Се трудиме, во рамки на можното да го индивиудуализираме пристапот и да се прилагодиме на потребите на клинетите. Во динамично економско опкружување не постои еден модел за сите (општинско) ниво. Исто така, очекуваме поголем интерес и развој на концептот на јавно-приватно пратнерство како докажан модел во развиените земји. Банката нуди и посебни поволности за еден вид на brown field инвестиции во објекти сопственоста на банката или во процес на нивно превземање. Со овој производ значително се намалуваат трошоците на инвестирање на клиентот, а Банката се ослободува од долгорочно менаџирање на објект или средство кое не е во функција на основната дејност на Банката. Поволностите се во делот на рокот на вракање на кредитот и истиот може да биде и до 15 години, како и од аспект на каматната стапка, што во зависност од конкретниот случај може да биде за неколку процентни поени пониска од редовната каматна стапка. nnn
www.kapital.mk
Капитал број 800 27.02.2015
28
интервју
Г пишува:
Биљана Здравковска Стојчевска
biljana.zdravkovska@kapital.mk
Групацијата НЛБ за прв пат по 2008 година ќе објави позитивни резултати во работењето. Со првиот човек на Групација Јанко Медја разговаравме за преструктуирањата низ кои мина Банката во изминатите година и за следните потези кои може да се очекуваат. XX Какви очекувате да бидат финансиските резултати за НЛБ Групацијата за изминатата година? Работењето на НЛБ Групацијата е за првпат позитивно по 2008 година. Очекуваме дека официјалните резултати за прв пат по неколку години, оваа година ќе бидат позитивни и Банката да оствари значаен профит. Суштествен напредок постигнавме во областа на бруто оперативната добивка, која во најголема мера е резултат на темелната преобразба на Банката и активното враќање на пазарот во сите пазарни сегменти: во работењето со населението и во работењето со малите, средните и големите претпријатија. Подобрувањето на редовниот оперативен резултат (пред исправките и резервациите) може да му се препише на пропорционалниот придонес на подобрувањето на редовните приходи, намалувањето на трошоците и успешно спроведената постапка за државна помош. Кон подобрувањето на крајниот резултат по оданочув ањ ето суштествено придонесе и с та б и л и з а ц и ј а та н а исправките и резервациите. XX НЛБ и другите словенечки банки во изминатиов период се соочуваа со проблеми и загуби во работењето? На што се должи тоа? Дали е тоа одраз
Медја: санацијата на банките ја сфаќаме како еден ч
www.kapital.mk
Капитал број 800 27.02.2015
специјален прилог
Јанко Медја
29
претседател на Управниот одбор НЛБ Љубљана и претседател на Надзорниот одбор на НЛБ Тутунска
По неколку години, НЛБ Групација со позитивни резултати. Преструктуирањето продолжува Резултатите за 2014 година, коишто ќе бидат објавени, јасно ќе покажат дека направивме голем чекор во преструктурирањето на Банката, со што продолжуваме и годинава. Профитабилноста годинава и во наредните години полека ќе ја зголемуваме, а постепено ќе го намалуваме и учеството на лошите кредити. Нашата визија е по пет години да бидеме познати како трошочно ефикасна банка со извонредна конкурентска позиција кај микро и малите претпријатија, а кај населението да бидеме познати со понудата на современи, електронски банкарски патишта за работење. Таа визија важи за целата НЛБ Групација и за НЛБ како успешна регионална банка. на реструктуирањето кое што се случува во словенечката економија? Од 2002 до 2008 година, во времето на конјуктурата, словенечкото стопанство и банкарство се прегреваа, бевме сведоци на високи стапки на пораст на берзата и прекумерно кредитирање. За жал, процентите на лошите кредити во времето на кредитниот бум беа премногу високи. И покрај преносот на лошите кредити на словенечката „лоша банка“ (Друштво за управување со побарувањата на банките), во рамките на мерките за санација на банките во декември 2013 година, во билансите на Банката сè уште се истакнуваше високо учество на лоши
кредити. Тоа на ниво на НЛБ Групацијата останува на околу 25%. Но, обемот во определена мера се намалува, притоа и три четвртини од тие лоши побарувања се покриени со резервации, а ние во Банката посакуваме трендот на намалување да се засили. Банката успешно заврши цела редица преструктурирања, но банките тие побарувања, во однос на барањата на европската прудентна регулатива, уште најмалку една година по завршувањето на преструктурирањето не можат да ги прекатегоризираат во непроблематични. XX Како кризата и економските проблеми во еврозоната се одразуваат врз работењето на
НЛБ и словенечката економија? Изминатите години од избувнувањето на кризата несомнено се еден од најтешките периоди за словенечкото стопанство, а како последица на тоа и за словенечките банки. Преголемиот обем на задолжување и претераните деловни апетити, без здрав однос кон ризиците, во периодот на експанзијата и исклучителниот растеж пред 2010 година, доведоа до финансиски крах на бројни претпријатија. Тоа го почувствува и НЛБ, бидејќи преку неа државата директно или индиректно го насочуваше развојот на словенечкото стопанство, како и практично развојот на целата инфраструктура (енергетика, сообраќај...). Затоа, санацијата на банките
чекор кон санацијата на словенечкото стопанство
www.kapital.mk
Капитал број 800 27.02.2015
30
интервју
Даваме поддршка и на start-up иновативни бизниси
XX Неодамна беше најавен и развој на Центар за иновативно претприемништво. За што станува збор? Станува збор за новост во словенечкиот простор, којашто и за Банката значи мисловен прескок. Сакаме да одговориме на потребите на микро и малите претпријатија во почетната фаза (start-up), односно во раната фаза на развојот и социјалното претприемништво. Со сопствени извори и со помош на надворешни партнери сакаме да воспоставиме околина за поддршка, којашто ќе има поширок општествен ефект врз претприемништвото во Словенија, особено помеѓу
несомнено ја сфаќаме како еден чекор кон санацијата на словенечкото стопанство. XX Резултатите од последните стрес тестирања на словенечките банки покажаа дека тие немаат адекватно ниво на капитал во случај на нова финансиска криза? Дали се планира скорешна докапитализација на НЛБ ? Целосната преобразба на Банката веќе дава резултати. Периодот на нестабилност и докапитализации од страна на даночните обврзници е зад нас. Денес Банката има адекватен капитал и располага со робусна ликвидност. Во целост го исполнуваме капиталниот план за ЕЦБ, којшто Банката го подготви при целосната оцена на адекватноста на капиталот есента 2014 година. Со добивката од 2014 година адекватноста на капиталот ја зголемивме уште повеќе. XX Како го оценувате работењето на НЛБ Тутунска банка во Македонија? Каква е стратегијата на НЛБ за македонскиот пазар? НЛБ Тутунска банка е најуспешна членка во НЛБ Групацијата во континуитет и „најуспешна“ словенечка инвестиција во Република Македонија, која е најдобар пример на синергија на две институции и два пазари. Со влезот во стратешко партнерство со НЛБ Групацијата во 2000 година, Тутунска банка од мала локална банка прерасна во една од најдобрите банки на македонскиот пазар. Банката имаше неверојатно брз раст и развој, имајќи предвид дека за 10 години од влезот на НЛБ Групацијата банката порасна за 10 пати (во 2000 година 98 милиони евра) и го зголеми пазарниот удел за трипати, со што стана трета најголема банка во Република Македонија со над една милијарда евра актива.
младите. Во Банката сакаме токму во сегментот на малото стопанство, којшто претставува двигател на општествениот напредок, да одиграме водечка улога и јасно да ја покажеме нашата општествена одговорност. Затоа, кон крајот на минатата година на претприемачите од овој сегмент им понудивме бесплатен наем на деловни простории и на тој начин започнавме да учествуваме во формирањето на околина за поддршка на нивниот раст и развој. Сакам да истакнам дека одзивот на тендерот беше над очекувањата, но, се разбира, пред нас стојат уште многу години работа на таа возбудлива иницијатива.
Многу е важен фактот што во целиот тој период Банката континуирано остварува добивки (вкупно 105,3 милиони евра за периодот 2000-2014 година) и адекватен принос на капиталот, и покрај тоа што брзиот развој бараше големи инвестиции и трошоци коишто Банката ги покри од сопственото работење. Банката изгради мрежа од 50 експозитури низ државата (во 2000 година имаше 10), вработува 800 луѓе (во 2000 година имаше само 106), инвестираше во современа сопствена зграда во вредност од 25 милиони евра, инвестираше во електронските сервиси е-банкарство и м-банкарство, инвестираше во картичното работење со изградба на широка мрежа на АТМи и ПОС терминали низ државата, инвестираше во современ и безбеден информатички систем кој овозможи автоматизација на процесите, инвестираше во изградба на најголемиот и најмодерен Кеш центар во Република Македонија. Во 2005 година Банката заедно со друштвото НЛБ д.д. го основа друштвото НЛБ Нов Пензиски фонд како дел од вториот пензиски столб во Република Македонија, којшто покрива половина од пазарот на капитално финансирано пензиско осигурување. Денес граѓаните и компаниите во Република Македонија имаат модерна банка, која што им нуди најразлични банкарски продукти, иновативни решенија, квалитетна и брза услуга. Со самото тоа што НЛБ Тутунска банка е членка на НЛБ Групацијата, којашто работи според европските стандарди на банкарското работење, може да кажеме дека Република Македонија има врвна банкарска институција, за што говорат и бројните меѓународни признанија кои банката ги добива. Од страна на финансискиот магазин The Banker седумпати е прогласена
НЛБ Тутунска банка е најуспешна членка во НЛБ Групацијата
Н
ЛБ Тутунска банка е најуспешна членка во НЛБ Групацијата во континуитет и „најуспешна“ словенечка инвестиција во Република Македонија, која е најдобар пример на синергија на две институции и два пазари. Со влезот во стратешко партнерство со НЛБ Групацијата во 2000 година, Тутунска банка од мала локална банка прерасна во една од најдобрите банки на македонскиот пазар. Банката имаше неверојатно брз раст и развој, имајќи предвид дека за 10 години од влезот на НЛБ Групацијата банката порасна за 10 пати (во 2000 година 98 милиони евра) и го зголеми пазарниот удел за трипати, со што стана трета најголема банка во Република Македонија со над една милијарда евра актива.
за Банка на годината во Mакедонија, вклучувајќи ја и последнава 2014 година. Очекувам дека ваквиот успешен развој на Банката ќе продолжи и во наредните години, при што тргнувам од стратегијата на НЛБ д.д. Љубљана и стратегијата на Банката којашто се темели на задоволување на потребите на пазарот со квалитетна услуга, задоволни клиенти, стабилност и солвентност и профитабилно работење. XX Дали во следниот период се планира намалување на уделот на државата во НЛБ? Каква е стратегијата на овој план? Моето лично гледање е, и секогаш било, дека банките треба да се приватизираат. Лично ја поддржувам приватизацијата. Но, се разбира, станува збор за одлука на сопственикот. Моментално, кога приватизацијата би започнала сега, мислењето на струката е наклонето кон можноста приватизацијата на НЛБ да
Медја: И понатаму ќе ги намалуваме си
www.kapital.mk
Капитал број 800 27.02.2015
специјален прилог
31
þ þ þ
Моето лично гледање е, и секогаш било, дека банките треба да се приватизираат. Лично ја поддржувам приватизацијата. Но, се разбира, станува збор за одлука на сопственикот. Моментално, кога приватизацијата би започнала сега, мислењето на струката е наклонето кон можноста приватизацијата на НЛБ да се изврши преку јавна понуда на акции (ИПО). Нашата визија е по пет години да бидеме познати како трошочно ефикасна банка со извонредна конкурентска позиција кај микро и малите претпријатија, а кај населението да бидеме познати со понудата на современи, електронски банкарски патишта за работење.
се изврши преку јавна понуда на акции (ИПО). Интерес на стратешките инвеститори инаку постои во определена мера, но во ова време тој е помал. Зборуваме за јавна продажба на акции на меѓународниот банкарски пазар, се разбира, и со можност за словенечките инвеститори. Тоа би овозможило НЛБ Групацијата да се развива со седиште во Љубљана, а и понатаму да работи како регионална банка, и тоа многу добра регионална банка.
XX Какви резултати очекувате за годинава? Кои нови потези може да се очекуваат од НЛБ и кои ќе бидат главните приоритети и предизвици за Банката годинава? Банката ќе биде сконцентрирана на клиентите, работата – својата основна дејност. И понатаму ќе ги намалуваме сите нестратешки дејности и ќе ги намалуваме трошоците. Резултатите за 2014 година, коишто ќе бидат објавени, јасно ќе покажат дека направивме голем чекор во преструктурирањето на Банката, со што
продолжуваме и годинава. Профитабилноста годинава и во наредните години полека ќе ја зголемуваме, а постепено ќе го намалуваме и учеството на лошите кредити. Нашата визија е по пет години да бидеме познати како трошочно ефикасна банка со извонредна конкурентска позиција кај микро и малите претпријатија, а кај населението да бидеме познати со понудата на современи, електронски банкарски патишта за работење. Таа визија важи за целата НЛБ Групација и за НЛБ како успешна регионална банка.
ите нестратешки дејности и трошоците
Капитал број 800 27.02.2015
32
www.kapital.mk
банките и бизнисот
прокредит средба помеѓу бизниси од Македонија, Косово и Албанија
Вистинската банка знае дека регионалната соработка е основа за било каков понатамошен развој На средбата во Приштина присуствуваа околу 130 стопанственици од трите земји кои се заинтересирани за извоз, ширење во регионот, остварување бизнис контакти. Фокусот на средбата беше ставен на прехранбената индустрија и поврзаните дејности како суровини, амбалажа, транспорт , машини. Од самите бизнисмени и секако од домаќините од Прокредит успеавме да добие одговор на многу прашања кои би биле интересни и за останатите бизнисмени кои сакаат да инвестираат и да работата со Косово и Албанија како на пример што се бара од Македонија во Косово и Албанија, каде македонските бизниси наоѓаат поевтини суровини, материјали и пласман, кои се пречките за извоз во Косово и Албанија, што и е потребно на една македонска фирма за да отвори претставништво во овие соседни земји?
Банките и бизнисот современите банки стануваат сервиси н
www.kapital.mk
Капитал број 800 27.02.2015
специјален прилог Емилија Спировска
Илир Алиу
есто пати кога се шири бизнисот во нови земји нашите клиенти се соочуваат со проблеми со финансирањето. Проста причина е што станува збор за млади компании без доволно капитал и без некаква историја. Врз база на тоа тие имаат проблем, да дојдат до било какви финансиски средства во земјата каде што ја почнуваат кариерата. Она што е добро е што ние издаваме гаранции на мајката фирма во матичната држава која ги користи ќерката фирма во новата бизнис дестинација. Така да таа иако е млада, веќе е во можност самостојно да се финансира во нова земја.
ашите пазари се мали и во услови на влез на големи странски инвеститори единствен начин да се конкурира е преку ширење во регионот. Прокредит како регионална банка која е силно позиционирана на западен Балкан и во Источна Европа има да понуди многу широка лепеза на услуги за фирми кои сакаат да се прошират во други земји.
Член на управниот одбор на Прокредит Македонија
генерален директор на Прокредит Косово
Ч
пишува:
П Дејан Азески
dejan.azeski@kapital.mk
Прокредит групацијата продолжува со својата политика за сестрана помош на нивните клиенти, но и на сите потенцијални успешни бизниси како во Македонија, така и во регионот. Нивниот последен голем настан е поврзан со поттикнување на регионалната соработка како основа за развој на бизнисот. Новинар на Капитал на 12 февруари во Приштина имаше ексклузивна можност да присуствува на трилатералната средба помеѓу бизниси од Македонија, Косово и Албанија на која присуствуваа околу 100 стопанственици од трите земји кои се заинтересирани за извоз, ширење во регионот, остварување бизнис контакти. Фокусот на средбата беше ставен на прехранбената индустрија и поврзаните дејности како суровини, амбалажа, транспорт , машини. Од самите бизнисмени и секако од домаќините од Прокредит успеавме да добие одговор на многу прашања кои би биле интересни и за останатите бизнисмени кои сакаат да инвестираат и да работата со Косово и Албанија. Прашања како оние поврзани со тоа што се бара од Македонија во Косово и Албанија, каде македонските бизниси наоѓаат поевтини суровини, материјали и пласман, кои се пречките за извоз во Косово и Албанија, што и е потребно на една македонска фирма за да отвори претставништво таму?
33
Н
ТРГОВСКА РАЗМЕНА МАКЕДОНИЈА - АЛБАНИЈА (во милиони долари) Година 2014 за 3 квартали 2013 2012 2011 2010 2009
Трговска размена 90 116 110 127 95 108 070
Извоз 54 78,00 76,00 87,00 72,00 83 972
Увоз 36 38,00 35,00 39,00 23,00 24 098
Извоз 231 276 392 541 437 314
Увоз 36 30 29 36 22 10
ТРГОВСКА РАЗМЕНА МАКЕДОНИЈА - КОСОВО (во милиони евра) Година 2014 2013 2012 2011 2010 2009
Трговска размена 267 306 421 578 500 324
Домаќинот на средбата и директор на Прокредит Косово, Илир Алиу потенцираше дека регионот треба да го гледаме како еден простор за водење бизнис. „Нашите пазари се мали и во услови на влез на големи странски инвеститори единствен начин да се конкурира е преку ширење во регионот. Прокредит како регионална банка која е силно позиционирана на западен Балкан и во Источна Европа има да понуди многу широка лепеза на услуги за фирми кои сакаат да се прошират во други земји. Дефинитивно можеме да понудиме уникатни услуги за нашите клиенти во насока на регионална соработка“, смета Алиу. Гледано низ призмата на статистиките, иницијативата на Прокредит банка доаѓа во многу погодно време. Извозот на Македонија кон Косово како една од најголемите експорт дестинации во последниве четири години континуирано опаѓа. Од рекордните 540 милиони долари во 2011 година преку 392 милиони и 276 милиони во 2012 и 2013 во 2014 извозот на Македонија кон Косово е паднат на 230 милиони долари. Слична е состојбата и кај трговската размена која во 2014 година изнесувала скромни 266 милиони долари,
а во однос на погоре споменатите четири години постојано опаѓа. Размената со Албанија е уште послаба. Извозот кон оваа соседна земја која има пазар од 3 милиони жители и БДП од 12.8 милијарди долари уште од 2009 година континуирано опаѓа. Хронолошки гледано почнувајќи од рекордните 84 милиони долари извоз во 2009 година, извозот стигнал на 54 милиони долари во 2014 година, што значи дека за шест години опаднал за цели 40%.
Петмилионски пазар со огромен потенцијал
Официјално Албанија и Косово заеднички имаат повеќе од четири милиони и осумстотини илјади жители со комбиниран бруто домашен производ од дваесет милијарди долари. Двете земји комбинирано за извоз секоја година трошат 8,2 милијарди долари од кои од Македонија увезуваат само 284 милиони долари. Членот на Управниот одбор на Прокредит Албанија Бесник Бериша ни кажа дека настанот на кој присуствувавме во Приштина е трет од ваков тип кој дава навистина конкретни резултати бидејќи потенцијалот за соработката помеѓу овие три соседни
на своите клиенти за регионално вмрежување и консалтинг
www.kapital.mk
Капитал број 800 27.02.2015
34
банките и бизнисот
Илдина Мурати
Дражен Митевски
И
ва е активност која е позитивна за сите компании кои денеска се присутни. Прокредит се појавува како поврзувач на сите компании од регионот. За разлика од порано кога немавме вакви Б2Б средби, денес се олеснуваат тешкотиите за да се дојде до партнер. И разговорите се многу поинакви кога зад вас стои банка, која што укажува за тоа какви компании се тие кои што се дојдени тука отколку сами да дојдете и да лутате.
компанија за производство на сувомеснати производи од Призрен
Доние Прилеп
О
маме соработка со Албанија, присутни сме на нивниот пазар. Во Македонија не сме присутни, но имаме планови за да се прошириме. Немаме никакви пречки бидејќи ги следат регулативите и ги задоволуваат административните услови. Имаме соработка и имаме интерес бидејќи ваквите средби не поврзуваат со регионот и влијаат да бидеме поприсутни. земји е навистина многу голем. Но, тој потенцира дека како банка не може да ги покријат сите обврски за отворање на вратите за соработка и затоа мора и другите институции како коморите и владите да бидат поактигвни и да го следат нивниот пример. „Се уште има простор за подобрување на соработката во регионот. Сите земји имаат голема хетерогеност во нивните планови за развој. Нашата проценка е дека навистина може да се успее во оваа мисија ако се вложи доволно енергија. На пример, Албанија во делот на храната произведува скоро се што произведува и Грција, но по многу пониски цени. Но, македонските трговци имаат навика да пазарат од Грција која тешко се искоренува. Од друга страна Македонија
е пак на повисоко ниво на процесуирање на земјоделските производи од Албанија што значи дека примарното производство од кај нас може да добие повисока додадена вредност во Македонските фабрики“, вели Бериша. Неговиот став го потврдија и самите бизнисмени од регионот кои беа присутни на настанот. Благодарение на интерните статистики на Прокредит успеавме да направиме и мапирање на тоа што е најпотребно за увоз во Албанија и Косово односно што Македонија може да извезува таму резултатите се следни: Конкретно во Косово во изминатата година најмногу се увезувало храна, жива стока, дрво, хемикалија, машинерии, минерали, текстил, камен, керамика
и стакло електрична опрема. На овие добра Косово потрошило приближно околу 3,4 милијарди долари од кои само 230 милиони долари инкасирала Македонија, иако е прв сосед на Косово. Инаку македонските фирми не само што ги произведуваат, туку и ги извезуваат најголем дел од овие производи на Косово, но за жал во многу мал обем. Албанија има континуирана потреба за увоз од машини и опрема, храна, текстил и хемикалии. Од вкупните 4,8 милијарди долари кои Албанија ги потрошила на увоз во изминатата година во Македонија се слеале 54 милиони долари.
Кои се пречките за извоз во Косово и Албанија? Бидејќи ги кажавме предностите мора да ги кажеме и пречките кои
ФОРМИ НА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ОД
П
окрај тоа што ги запознава, вмрежува и им нуди бесплатни консултански услуги на нивните клиенти од различни делови на регионот, Прокредит банка нуди и конкретни форми на финансиска поддршка за регионални бизниси. Според Емилија Спировска член на управниот одбор на Прокредит Македонија прашањето на финансирањето на бизнис во нова држава е сигурно едно од најсложените со кои се соочуваат нивните клиенти. „Често пати кога се шири бизнисот во нови земји нашите клиенти се соочуваат со проблеми со финансирањето. Проста причина е што станува збор за млади компании без доволно капитал и без некаква историја. Врз база на тоа тие имаат проблем, да дојдат до било какви финансиски средства во земјата каде што ја почнуваат кариерата. Она што е добро е што ние издаваме гаранции на мајката фирма во матичната држава која ги користи ќерката фирма во новата бизнис дестинација. Така да таа иако е млада, веќе е во можност самостојно да се финансира во нова земја. И она што е секогаш интересно за бизнисите е скапата провизијата односно брзината за меѓународни трансфери. Затоа ние на ниво на групација нудиме многу поевтин и побрз платен промет“ Инаку услугата на ПроКредит како специјализирана бизнис банка со силно регионално присуство во Македонија,
Косово, Албанија, Србија, Бугарија е прилагодена токму за поддршка на бизниси кои се во доменот на производството и трговијата, се регионално активни со бизнис соработка со добавувачи или пласираат производи во земјите од регионот, работат или размислуваат за отварање на свои претставништва надвор од земјата. Во продолжение се варијантите кои ги нуди Прокредит за финансирање на регионален бизнис.
1.
За бизниси кои остваруваат меѓународна соработка со бизнис партнери-добавувачи или купувачи значајно е да го забрзаат и гарантираат процесот на плаќање, испорака и квалитет на робата. Во тој домен, доколку бизнисот остварува соработка со партнери кои работат со ПроКредит во регионот: Косово, Албанија, Србија, Бугарија, Босна има можност да ги реализира своите плаќања и да го дибие приливите многу побрзо и поефтино. Со услугата ProPay сите плаќања се за 50 отсто поевтини во споредба со останатите плаќања кон некоја друга банки, а бизнисот ги добива средствата за максимум три часа од извршеното плаќање. Дополнително во насока на ефикасност и достапност за извршување на плаќањата ПроКредит во речиси сите земји каде што работи е прва банка која на бизнисот му е достапна 24/7. Во рамки на сите експозитури на ПроКредит достапни се 24/7 зони каде што еден бизнис може да изврши голем дел
Банките и бизнисот Владите и коморите треба да го следат пр
www.kapital.mk
Капитал број 800 27.02.2015
специјален прилог Бесник Бериша
Зоран Стојановски
е уште има простор за подобрување на оваа соработка. Сите земји имаат голема хетерогеност во нивните планови за развој. Нашата проценка е дека навистина можат да успее во оваа мисија ако се вложи доволно енергија. На пример Албанија во делот на храната произведува скоро се што произведува и Грција по многу пониски цени. Но за жал македонските трговци имаат навика да пазарат од Грција која тешко се искоренува. Од друга страна Македонија е пак на повисоко ниво на процесуирање на земјоделските производи од Албанија.
а оваа средба запознавме потенцијални супермаркети од Косово, а од Албанија запознавме производител на маслинки што ни е многу важно бидејќи долго го бараме. Досега самостојно веќе три пати бевме во Албанија и не можевме да го најдеме вистинскиот човек за соработка, а тука го најдовме. Запознавме дури и многу фирми од Македонија со кои дома не сме имале време и можност да се запознаеме.
член на Управниот одбор на Прокредит Албанија
Золива ЛЕТ
С
засега се ограничувачки фактори за интензивирање на соработката помеѓу земјите од регионот. За овој дел од анализата ги оставивме да зборуваат самите бизнисмени кои се соочиле со овие проблеми. Абедин Мурати, сопственик на Молика, Ројал Фрејзер Фуд и Прима центар од Тетово ни објасни зошто регионалната соработка помеѓу овие три земји не е поголема. „Веројатно нема да ви се верува ама на еден мој камион му е потребно исто време од Тетово да стигне до Хрватска, колку од Тетово да стигне до Приштина. Едноставно граничните и инфраструктурните пречки си го прават своето и во таа насока треба да се насочи енергијата. Треба конечно сите
35
Н
да влеземе во Европска унија и да не се занимаваме со застарени граници. А ако тој процес се одлага да најдеме начин и без Европска Унија да го олесниме протокот на царините“ Истите искуства ги потврдува и неговиот колега Андрим Халими од млекара Шари од Призрен. „Соработката помеѓу Македонија, Косово и Албанија е добра, но може да биде многу подобра. Царинските пречки се оние кои ја кочат соработката помеѓу овие три земји. Соработата во ЦЕФТА, не знам зошто и како, но едноставно не функционира како што треба. Владите во регионоттреба да го следат примерот на Прокредит банка за стимулирање на регионалното поврзување. На тој начин не само бизнисмените и банките, туку и
државите во целост ќе имаат корист“. Ачип Чача од компанијата за откуп и преработка на млеко Мирели од Суни Албанија ни направи и поопширна анализа на состојбите. „Постојат објективни и субјективни причини за малата соработка во регионот. Објективните причини во минатото беа што нивото на технологија во производството беше навистина ниско поради што нереално беше да се размислува за бизнис. Сега таа пречка е тргната и остануваат субјективните причини предизвикани од нивото на бирократија кое мора да биде намалено. Мoјот совет до владите и институциите е да почнат да го намалуваат, наместо да го зголемуваат бројот на потребни документи. nnn
Д ПРОКРЕДИТ ЗА РЕГИОНАЛНИ БИЗНИСИ од банкарските операции: исплата на готовина, уплата на дневниот промет преку автомат или депозит бокс , електронски трансакции, печатење на налози. Во доменот на банкарска поддршка за регулирање на плаќањата и испораката на работа, бизнисите преку ПроКредит е можат да го реализираат целосното документарно работење со банкарски гаранции и акредитиви. Клиентите кои работат со ПроКредит може да остварат бизнис контакти со клиенти на ПроКредит Банките од од меѓународната мрежа на бизни банки токму на настани за вмрежување- регионални Б2Б средби. Ваквите средби се отворена можност за остварање на бизнис контакти и пласман на производи. Тоа е афирмација на еден бизнис и поддршка за неговото ширење и развој кој е дел од филизофијата на работење на ПроКредит.
2.
Оние кои имаат или размислуслуваат за отварање на свои претсавништва во повеќе земји од регионот во кои ПроКредит има своја банка можат да користат меѓународен финансиски лимит. Тоа значи комплетна финансиска поддршка за потребите на сите меѓународни претставништва на еден бизнис кои работат во земјите каде има ПроКредит Банка од само еден и единствен партнер. На пример да земеме еден македонски бизнис кој има свое производство во
Македонија и со свои продажни салони е присутен во Албанија и Косово. Бизнисот успешно работи во Македонија 10 години, има сопствен капитал и има позитивни финансиски резултати. Од друга страна неговите претставништва во Албанија или Косово имаат потреба за обртен капитал, но имаат потешкотии да добијат финансиска поддршка бидејќи на тие пазари се нови, имаат мал капитал, се во фаза на почетни вложувања кои може да значат и негативни резултати во нивните биланси. Таквите бизниси иако високо потенцијални многу тешко добиваат финансика поддршка од банка. За разлика од таквото сценарио, ПроКредит го познава и бизнисот во Македонија и во Албанија и Косово и го гледа клиентот како целина. Во анализата за кредитирање на неговите развојни потреби во Албанија и Косово ги зема во предвид годините на постоење, вкупниот капитал и позитивните финансиски резултати на матичната компанија во Македонија. Врз основа на тоа, бизнисот добива многу поголем финансиски лимит- одобрени средства кои може да го користи за различни намени за своите регионално присутни бизниси. Ова е значајна подршка во клучните развојни фази, кога инвестицијата е во старт-ап фаза. Тоа на еден бизнис би можело да му овозможи да размислуваат за ширење во регионот и да смета на финансиска поддршка од неговата банка.
римерот на банките во насока на регионалното здружување
ЗА ВРВНИ МАГИСТЕРСКИ СТУДИИ НЕ МОРАТЕ ДА ОДИТЕ ВО СТРАНСТВО!
СЕГА И ВО СКОПЈЕ! • Престижна МБА програма за развој на вашата кариера • Рангирана помеѓу првите 100 во светот • Со тројна меѓународна акредитација која гарантира квалитет на наставата
УПИСИТЕ СЕ ВО ТЕК! msm.uacs.edu.mk
ЗА ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ:
Универзитет Американ Колеџ Скопје Трета Македонска Бригада 60, 1000 Скопје Тел: +389 2 2463 156
Е-пошта: globalmba@uacs.edu.mk Веб: msm.uacs.edu.mk
www.kapital.mk
Капитал број 800 20.02.2015
интервју
37
Шпаркасе Банка беше пионир во финансирањето на проектот мали хидроцентрали, како и во минатата година во финансирањето на првите био-гасни централи. Реализацијата на овие проекти, како и континуираната посветеност кон овој вид на финансирање, е условена од силната капитална база на Шпаркасе Банка, стручниот и посветен кадар кој поседува меѓународно искуство, како и знаењето и силата на нашата банкарска групација.
Елена Богданова директор на Сектор за управување со
корпоративни клиенти во Шпаркасе Банка
Проектното финансирање им дава шанса на новите и одржливи бизнис идеи
Ш
XX Шпаркасе Банка минатата година го промовираше проектното финансирање како еден новитет на пазарот. Во што е суштината на проектното финансирање и што го разликува од обичното корпоративно финансирање? Суштината на проектното финансирање е во тоа што фокус на интерес на Банката е самиот проект како нова и независна деловна идеја, одвоена од постоечкиот бизнис на фирмите кои барааат финансирање на своите нови и
свежи идеи. Скоро секогаш станува збор за новооснована фирма, која што нема предисторија и е строго формирана за реализација на одреден проект. Клучно за одлуката за финансирање е добрата идеја, одржливоста на проектот и посветеноста на компаниите на нивниот проект преку обезбедување на одреден почетен капитал. XX Кои услови треба една фирма да ги исполнува за да и се одобри проектно финансирање? Кои проекти од кои сектори имаат приоритет? Пред се е битна одржливоста на самиот проект. Иако зборуваме за нова фирма, се подразбира дека основачите на истата треба да имаат искуство во водењето на такви проекти и да поседуваат знаење, квалитети и искуство соодветно на потребите за развој и реализација на новиот проект. Преку соодветна студија, треба да биде
прикажана одржливоста на проектот и секогаш е потребно сопствено учество, кое во зависност од типот на проектот се движи помеѓу 25% и 35%. Врз основа на бизнис планот, Шпаркасе Банка, во соработка со нашата групација, Штаермеркише Шпаркасе и Ерсте Групацијата (во зависност од големината на инвестицијата), врши проценка и одлучува дали ќе се финансира одредениот проект. Искуството во проектно финансирање на Штаермеркише Шпаркасе и Ерсте Групацијата, кое вклучува и поседување на специфични познавања од развиените европски пазари, не е само бенефит за Банката, туку е од голема помош и за самите клиенти, кои на овој начин не добиваат само финансирање, туку и консултација и трансфер на специфично знаење. Не може општо да кажеме, дека некои сектори имаат приоритет, меѓутоа најмногу се застапени проекти од областа на енергиката и обновливи енергии. XX Каков е досега интересот? Има ли досега одобрено кредити и каков е потенцијалот на македонскиот пазар за овој тип на кредитирање? Интерес секако постои. Дури и во услови на специфично и донекаде отежнато економско опкружување, потенцијал во Македонија за финансирање на различни проекти постои. Во моментов има интерес за финансирање на одредени проекти на недвижнини, како и мали хидроцентрали. Задоволство ми е да кажам дека Банката беше пионир во финансирањето на проектот мали хидроцентрали, како и во минатата година во финансирањето на првите био-гасни централи. Реализацијата на овие проекти, како и континуираната посветеност кон овој вид на финансирање, е условена од силната капитална база на Шпаркасе Банка, стручниот и посветен кадар кој поседува меѓународно искуство, како и знаењето и силата на нашата банкарска групација. nnn
Богданова: најмногу се застапени проекти од енергиката и обновливи енергии
Капитал број 800 27.02.2015
38
www.kapital.mk
интервју Македонските клиенти редовно си ги плаќаат своите обврски. Овој пазар може да препознае добро деловно решение и знае како да ги почитува вредностите на големите брендови.
К Вернер Шерер
претседател на Управниот одбор на EOS Group
Со сигурен чекор кон иднината
XX Која е тајната на успехот на Групацијата ЕОЅ? Всушност, не станува збор за никаква тајна. Нашиот успех е резултат на јасно поставена стратегија која доследно се спроведува низ годините. Ние сме многу флексибилни во реорганизирањето на ратите на должниците и внимателни кога инвестираме во откуп на ненаплатени долгови. Она што е најважно е дека обезбедуваме ниво на услуга кое многу се цени од страна на нашите клиенти. Според тоа, можеме да кажеме дека нашиот успех пред сè претставува резултат на јасен и реален менаџмент и работа на многу посветен тим. XX До кој степен јавно искажаната ориентација на ЕОЅ кон вредностите игра улога кај клиентите? Некои од нашите клиенти мораа да го доживеат непријатното искуство кога една поволна трансакција во даден момент, подоцна и наштетува на компанијата – или поради тоа што партнерот подоцна сакал да ја ревидира трансакцијата или, пак, угледот на компанијата бил загрозен поради несоодветни методи за наплата на побарувањата. ЕОЅ нуди квалитетни услуги и нашите клиенти можат да бидат сигурни дека нема да доживеат никакви такви последици кога ќе ни ги предадат побарувањата на нас. Ова е она што ние го застапуваме, така е запишано во нашиот Кодекс за однесување. XX Какви совети им давате на вашите клиенти и која е најважната работа за деловните лидери во овој момент? Тие мора да ја заштитат својата ликвидност п р е к у п р а в и л н о у п р а ву в а њ е со побарувањата што секогаш е проследено со одредено ниво на ризик. Врз основа на
Шерер: Нашите вработени се нашиот најважен капитал
www.kapital.mk
Капитал број 800 27.02.2015
специјален прилог
39
þ
За да биде успешна на светскиот пазар една компанија треба да има јасна визија и луѓе кои цврсто веруваат во неа.
þ
Нашиот успех е резултат на јасната стратегија која доследно се спроведува во текот на годините.
þ
Македонскиот пазар и македонската економија нудат потенцијал за понатамошен раст на ЕОЅ и според тоа, ние сме подготвени да останеме овде уште многу години.
моето искуство во овој бизнис од речиси 30 години, јас би им предложил да работат со стручни лица. Ова е далеку поефикасно од решавањето на прашањето околу наплатата на побарувањата во рамките на самата компанија бидејќи така тие ќе можат да се фокусираат на својата основна дејност, нешто што најдобро го познаваат. Тоа е најважниот совет – да се фокусираат на основната дејност. XX Вие раководите со групација која се состои од 55 компании во 27 земји низ светот. Како раководите со таква огромна организација? Ние во ЕОЅ веруваме дека нашите вработени се нашиот најважен капитал и за мене ова значи дека јас можам да се потпрам на тимот на ЕОЅ. Оттука, секако дека јас сум Главниот извршен директор на ЕОЅ Групацијата, но знам дека ширум светот речиси 10.000 вработени во ЕОЅ даваат сé од себе за да ги изнајдат најдобрите решенија за нашите клиенти и за должниците. Јас со задоволство ги слушам луѓето кои се грижат за ЕОЅ, бидејќи само со тимска работа успехот се остварува на дело. XX Што знаете за Македонија и нашиот локален бизнис? Нашето искуство на овој пазар од дванаесет години покажува дека клиентите во Македонија редовно си ги плаќаат своите обврски. Овој пазар знае да препознае добро деловно решение и знае како да ги цени вредностите на големите брендови. Тоа е она што ние многу го почитуваме. XX Каква е вашата стратегија
и плановите за во иднина во Македонија? Ние цврсто веруваме во македонскиот пазар и во македонската економија. Знаеме дека тие обезбедуваат позитивен потенцијал за понатамошниот раст на ЕОЅ. Според тоа, ние сме подготвени да останеме овде уште многу години во иднина. XX Што би им препорачале на македонските компании за успешно да се позиционираат на
европскиот и светскиот пазар? За да биде успешна на светскиот пазар една компанија треба да има јасна визија и луѓе кои цврсто веруваат во неа и ја инвестираат целата своја енергија во нејзиното остварување. Она што го гледам во Македонија е дека локалните компании имаат свои амбиции и способни вработени, а ова значи дека ги имаат сите шанси да бидат успешни и на европскиот и на светскиот пазар. nnn
Г-дин Шерер со г-ѓа Бошевска, Генерален директор на ЕОЅ Матрих Македонија: „ЕОЅ го должи својот успех на јасен и реален менаџмент и работа на многу посветен тим”
л, само со тимска работа успехот се остварува на дело
www.kapital.mk
Капитал број 800 798 13.02.2015 27.02.2015
40
Company Profile
Сието
специјална електроника и фотолтаични системи
Пионери во областа на сончевата енергија
Д пишува
Оливер Трајчески
oliver.trajceski@kapital.mk
Долгогодишното искуство стекнато во една од првите ИТ компании во Македонија, „Семос Електроник“, скопјанецот Звонко Марковски успева да го вбризга во сопствената компанија „Сието“, основана во 1993. Иако за многумина позната како пионер во областа на обновливите извори на енергија, сепак овој иновативен „бренд“ повеќе од 22 години ги задоволува потребите и на домашниот пазар за електроника. Покрај развиените системи за добивање електрична енергија од сонце и ветер, „Сието“ веќе две децении вонсериски произведува и испорачува 39 различни типови уреди за потребите
прва еко-куќа
Во 2006 година во Македонија официјално беше отворена првата еколошки енергетски независна куќа во скопското село Кадино. За неколку години, овој резиденцијален објект го посетиле повеќе од 1500 луѓе, меѓу кои странски експерти од институтите за енергетика од Италија, Словенија, Хрватска и Србија односно домашни од ФЕИТ во Скопје, Технички факултет во Битола и Управата за хидрометеролошки работи. „По двадесетиот инсталиран систем, решвиме на еден резиденцијален објект да покажеме се што сме научиле во изминатите години. Покажавме дека е возможно да се живее во таква куќа, која девет месеци ќе се напојува од сонце и ветер. Применети се и многу иновативни начини за заштеда на енергија во смисла на изолација.“ – вели нашиот соговорник. на „Македонски железници“, „Телеком“, односно македонскиот гигант од градежната индустрија „Гранит“. „Во Семос Електроник“ ги поминав сите скалила во мојата кариера. Од инженер приправник, преку самостоен водечки инженер, па се до технички директор како последна функција која ја извршував. Фирмата отиде под стечај, а јас продолжив во новоотворената компанија „Сието“. Започнавме со изработка на професионална електроника, а пред 15 години развивме и сопстве ни системи за добивање на електрична енергија од сонце и ветер.“, ја започнува својата приказна Марковски.
Фотоволтаици ширум Македонија
Повеќето фотоволтаици низ земјава кои можат да се забележат на крововите од индивидуалните куќи се токму на компанијата „Сието“. Претежно се работи за помали системи кои произведуваат електрична енергија за потребите на малите домаќинства и помалите индустриски објекти. „Има повеќе од 50 локации низ Македонија, каде во текот на последниве 15 години успеавме да инсталираме системи со наша опрема. Се работи за помали системи кои се користат за производство на електрична енергија за сопствени
сието: компанија што работи на тоа земјава да ги искористи
www.kapital.mk
Капитал број 797 13.02.2015
41 звонко Марковски
основач и сопственик
М
акедонија има голем потенцијал за добивање електрична енергија од сонце. Возможно e да се живее во еко-куќа, која девет месеци ќе се напојува од сонце и ветер.
фотонапонска централа Овој домашен бренд стои и зад првата фотонапонска централа изградена во Македонија, во 2009 година. Марковски објаснува дека земјава има голем потенцијал за добивање електрична енергија од сонце, кој поради бројни причини е недоволно искористен. „Првата фотонапонска централа е во наша сопственост, а минатата година изградивме уште една. Податоците на МЕПСО велат дека двете централи се едни од најефикасните во Македонија.“ – објаснува сопственикот на „Сието“. потреби. Било тоа да се домаќинства или мали работилници. Покрај овие т.н offgrid, развивме и 8 фотонапонски централи кои произведуваат и продаваат струја на МЕПСО. Исто така, дури 22 од 25-те турбини на ветер се на „Сието“, вели Марковски.
Со „10 000 сончеви покриви“ до поголемо производство
Проектот „10 000 сончеви покриви“ на Марковски, кој се’ уште официјално не добил зелено светло од надлежните институции, има за цел да го поттикне инсталирањето на фотоволтаичните панели низ државата, односно да ја зголеми јавната свест за искористување на обновливите извори на енергија. „Потребно е да се дополни законската регулатива за да се овозможи на физичките лица на домаќинствата да монтираат фото панели, за да можат да произведуваат струја за своите потреби и вишокот да може да се продаде или да се паркира во дистрибутивниот систем на ЕВН. Би било добро, кога институциите би дозволиле тоа да се прави, токму како што е во западните земји. Во овој момент можат да се постават само мали системи за сопствени потреби, но истите не смеат да се приклучат и да пратат струја во главниот систем. Со овој проект, индивидуално ќе можат да се постават
системи со потенцијал од три до пет киловати, односно сосема доволно да се задоволат 80% од годишните потреби на домаќинствата. Сето тоа е долгорочен проект, бидејќи самите панели имаат 'рок на траење' од повеќе од 45 години. На овој начин Македонија ќе добие фотонапонска електрична централа со моќност од околу 40MW дисперзирана на целата територија“ - потенцира Марковски.
Потребна е регионална соработка
Освен со физичките лица и домашните компании, „Сието“ долги години има соработка и со земјите од нашето опкружување. „Имаме соработка со земји како Србија, Босна и Херцеговина, Косово, Албанија. Но јас сум да ја фокусираме нашата енергија токму во Македонија. Да продолжиме со нашата дејноста, но пред се’ за тоа треба да се отвори пазарот, односно надлежните да овозможат физичките лица да поставуваат фотонапонски системи на покривите и да ја зголемат онаа квота од 18 мега вати. Мора сето тоа да се направи, за не останеме слепо црево во Европа. Засега произведуваме најмалку енергија од ваквите обновливи извори, во споредба со западноевропските земји, односно онаму кадешто се стремиме да одиме.“ – истакнува Марковски. nnn
и благодетите на сончевите денови
www.kapital.mk
Капитал број 800 27.02.2015
42
анализа
За неполн месец и половина
Објавени огласи за преку 1.300 нови вработувања во администрација!
На годишно ниво, само овие нови вработувања ќе ја чинат државата 4,7 милиони евра. Ако на ова се додадат и склучените договори и огласи за привремени вработувања од почетокот на годинава, вкупниот збир е речиси 5 милиони евра. Инаку, согласно Буџетот, државата ова година ќе потроши 380 милиони евра за плати и надоместоци на администрацијата, што е 14 милиони евра повеќе од лани
З пишува:
Габриела Делова
gabriela.delova@kapital.mk
За неполн месец и половина, од почетокот на годинава до средината на февруари, државата објавила преку 180 огласи за 1.303 нови вработувања. Според износот
на платите, кои институциите имаат обврска да ги објават за секоја огласена позиција, само овие нови вработувања ќе ја чинат државата за 4,7 милиони евра на годишно ниво. Најмногу огласи од почетокот на 2015 година до сега, дури седум, огласило Министерството за труд и социјална политика, преку кое се бараат 46 нови работници. Гледано, пак, по број на нови вработувања, води Секретаријатот за спроведување на рамковниот договор, кој пред две недели објави оглас за вработување на нови 154 лица. По него следува огласот на Министерството за одбрана, преку кој се бараат 125 нови лица за во Армијата. Но, освен редовните огласи за вработувања, не престануваат ниту огласите за ангажирање на привремени вработувања. Податоците на Бирото за јавни набавки покажува дека од почетокот на годината до сега, веќе две институции склучиле договор за привремени вработени за кои ќе се потрошат 50 илјади евра, а во моментот во
тек се и четири нови огласи, за кои според проценките на институциите, ќе се потрошат 102 илјади евра. Институциите кои веќе склучиле договор за нови привремени вработувања се Собранието и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Оние пак, кои објавиле огласи за прибирање понуди за нови привремени вработувања се Економскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј, Здравствениот дом во Берово, Општина Демир Капија и Домот на културата во Кавадарци. Инаку, согласно податоците од Буџетот, државата оваа година ќе потроши 398 милиони евра за плати и надоместоци на администрацијата, што е 14 милиони евра повеќе од лани.
Дури 102 институции имале потреба од нови вработувања
Во првиот месец и половина од оваа година, вкупно 102 институции објавиле огласи за нови вработувања. Освен Секретаријатот за спроведување
Регистар: Колку брои администрација се уште е непознато
www.kapital.mk
Капитал број 800 20.02.2015
43 БРОЈКИ
24 општини, 175 нови вработувања
О
свен државните институции и општините во првиот месец и половина објавиле огласи за нови вработувања. Станува збор за 24 општини кои огласиле вкупно 175 нови работни места. Од нив, најмногу вработувања има општина Карпош, која преку четири огласи, побарала нови 37 лица за работа. По Карпош
следува Општина Струга која од почетокот на годината до сега објавила три огласи за 22 нови вработувања. Следува Општина Кичево со 16 нови вработувања, Општина Тетово и Град Скопје со по 14 нови вработувања. Огласите за нови вработувања на останатите општини се за ангажирање на помалку од 15 нови лица.
КОИ ИНСТИТУЦИИ ОБЈАВИЛЕ НАЈМНОГУ НОВИ РАБОТНИ МЕСТА Брoj на огласи 1 1 4 3 7 4 4 1 3 3 4
Институција Секретаријат за рамковен договор Армија Министерство за земјоделство Јавно обвинителство Министерство за труд и социјала Канцеларија на премиерот Карпош Основен суд Скопје Генерален секретаријат Министерство за транспорт и врски Министерство за одбрана
Број на вработени 154 125 91 61 46 45 37 36 34 33 31
ЗА КОИ ПОЗИЦИИ ИМА НАЈМНОГУ ОГЛАСИ Позиција помлад соработник помлад референт советник соработник самостоен референт виш соработник виш референт државен советник раководител надворешен соработник
на рамковниот договор и Министерството за одбрана, огласи за поголем број нови вработувања има и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Тоа, преку четири огласи објавени од почетокот на годината до сега, објавило вкупно 91 нови слободни работни места. Следно е Јавното обвинителство, кое
Број на огласени места 296 201 119 97 58 51 48 36 31 20
Плата месечно 341 евра 214 евра 406 евра 274 евра 254 евра 377 евра 242 евра 600 евра 583 евра не е наведено
објавило вкупно три огласи преку кои се бараат повеќе од 60 нови вработувања. По нив следуваат Министерството за труд и социјална политика кое огласи 46 нови работни места, Канцеларијата на премиерот со 45 нови работни места, Управата за матични книги и Основниот суд Скопје со по 36 нови вработувања
380
милиони евра од буџетот годинава ќе бидат потрошени за плати и надоместоци на администрација
Институциите добиваат 155 нови советници
Н
ајголем број од работните м е с та о гл асени пр еку државните инстит уции и општините се однесуваат на позицијата помлад соработник. Дури 296 помлади соработници ќе бидат вработени од државата кои ќе работат за плата од 20.961 денари односно 340 евра месечно. По нив следуваат огласите за помлади референти. Од почетокот на годината до сега се огласиле 201 ново работно место за оваа позиција. Според информациите по огласите, платата на оваа позиција е 13.140 денари, односно 213 евра месечно. Голем е бројот и на нови советници кои ќе ги добијат институциите. Само за месец и половина државата објавила огласи за ангажирање на нови 155 советници. Од нив 36 се државни советници, а останатите 119 се само со звање советник. Инаку, платата на државниот советник изнесува 36.855 денари, односно 600 евра месечно, додека пак, за позицијата советник платата изнесува 25 илјади денари, односно 406 евра.
и Министерството за одбрана, без да се брои огласот за ангажирање на 125 лица за во Армијата, со дополнителни 31 ново вработување. Останатите 94 институции објавиле по неколку огласи за нови вработувања преку кои бараат ангажирање на нешто помалку од 30 лица. nnn
www.kapital.mk
Капитал број 800 27.02.2015
44
балкан бизнис и политика
Борбата против криминалот ја тресе
Се апсат поранешни министри, медиумски магнати, с
Романија се чисти “меѓупартиската ма која владееше со год
Телевизиските екипи во Романија буквално кампуваат пред Националната у корупцијата (ДНА) во Букурешт чекајќи кој ќе биде следен, пишува ББЦ опиш борбата против корупција во оваа земја. Познати лица кои излегуваат од зград процесија на некогаш високо позиционирани моќници во романското опшеств медиумски магнати, судии, тужители...Романија конечно реши да се пресме политичари кои ја држеа во заложништво повеќе од две дец
чистка: крај на “меѓупартиска мафија” која ја водеше земјата, на непл
www.kapital.mk
Капитал број 800 20.02.2015
45
Телевизиските екипи буквално кампираат
е Романија.
судии, тужители
и од афија” одини
управа за борба против шувајќи каков залет зема дата потсетуваат на долга во. Поранешни министри, ета со корумпираните цении...
М
пред Националната управа за борба против корупција чекајќи познати лица од романскиот политички врв Со обвинение за корупција уапсена беше е Елена Удреа, десната рака на поранешниот претседател Трајан Басеску и актуелен пратеник Покрај сегашните функционери, и многу блиски луѓе на поранешниот претседател Трајан Басеску, кој беше на чело на Романија од 2004 до 2014 година, се пред органите за прогон Поранешната министерка за млади и спорт Моника Ридзи е осудена на пет години затвор за проневера на државни пари Поранешната кошаркарска ѕвезда Лаура Ковеши, која е на чело на управата за борба против корупција, во просек дневно приведува по четири лица обвинети за корупција
Што се промени во Романија?
ногумина се прашуваат што се промени во Романија? “Во само три години двете големи политички партии Портокаловите (либералите) и Црвените (социјалдемократите) ги изгубија изборите”, вели аналитичарката Алина Мунгиу Пипиди. Резултат на тоа е, вели Пипиду, дека дојде крајот на она што се вика “меѓупартиска мафија” која ја водеше земјата, избегавањето на плаќање на даноци, местењето на тендери и поткупувањето на судии и тужители. “Еднакво важен е и карактерот на новиот претседател на државата Клаус Иоханис. Тој на власт дојде како политички аутсајдер и не е потписник на никави тајни договори помеѓу главните политички партии, што беше пракса во романската политика во изминатите 25 години”, вели Пипиди.
T
Телевизиските екипи во Романија буквално кампуваат пред Националната управа за борба против корупцијата (ДНА) во Букурешт чекајќи кој ќе биде следен, пишува ББЦ опишувајќи каков залет зема борбата против корупција во оваа
земја. Познати лица кои излегуваат од зградата потсетуваат на долга процесија на некогаш високо позиционирани моќници во романското опшество. Поранешни министри, медиумски магнати, судии, тужители... Дури и десната рака на поранешниот претседател Трајан Басеску, Елена Удреа. Пред две недели пратениците на романскиот Парламент со однос на гласови 170 спрема 118 изгласаа нејзино апсење. Удреа, која е поранешната министерка за туризам и актуелна пратеничка во романскиот парламент, е оптужена за корупција. На оваа политичарка од десниот центар, која на ноемвриските претседателски избори беше четврта според бројот на добиено гласови, пред околу две недели и беше одреден 24 часа притвор кога беше
лаќање даноци, местење тендери и поткупување на судии и тужители
www.kapital.mk
Капитал број 800 27.02.2015
46
балкан бизнис и политика
на распит кај тужителот за да одговори на обвиненијата. Таа е инаку обвинета за перење пари, за злоупотреба на положбата и за непријавување на имотната состојба. Удреа која ги негира оптужбите, изјави пред пратениците дека додека била во притвор под обвинение за пари и корупција, била понижувања и се жалела за условите во затворот. Минатата недела таа побарала тапети и кречење на ќелијата во која била, а судот по тоа донесе одлука да ја стави во куќен притвор. Удреа, која минатата година ја основаше партијата Народен покрет, ги негира сите обвиненија. Удреа е позната на романската јавноста заради блиските врски со Трајан Басеску, кој беше претседател на Романија од 2004 до 2014 година. Меѓу поновите мети на ДНА се и мајката, сестрата и зетот на сегашниот премиер Виктор Понти. Странските медиуми коментираат дека осум години по влезот во ЕУ и 13 години од основањето на ДНА, Романија конечно сериозно се зафати со борбата против корупцијата и огранизираниот криминал. И за тоа конечно добива пофалби од Европската унија. СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ
“Романија е на вистинскиот пат и треба да продолжи. Тоа е најголемиот предизвик и приоритет за Романија”, изјави неодамна потпретседателот на Европската комисија Франс Тиммерманс. Националната управа за борба против корупцијата (ДНА) само минатата година процесуирала 1.138 водечки јавни личности во Романија. Неверојатен е податокот дека главната тужителка Лаура Ковеши оптужува за корупција во просеч четири лица на ден. Неодамна поранешната министерка за млади и спорт Моника Ридзи беше осудена на пет години затвор заради злоупотреба на службената должност и проневера на 800 илјади долари јави пари во спогодби со компании со кои била во спрега. Инаку, ДНА во нејзината работа се потпира на работењето на романската тајна служба. Досегашниот впечаток до домашната и странската јавност беше дека тајната служба беше многу селективна околу тоа кого ќе прати, прислужува или истражува. Но, тоа повеќе не е така.
Од кошаркарска звезда до лут борец против корупција
Главната обвинителка на ДНА, Лаура Кодрута Ковеши, од кошаркарска ѕвезда
во средношколските денови, по успешната магистратура ја добива работата од „соништата“ во април 2013. На почетокот многумина беа скептични дека таа ќе може да го штити угледот на Националната управа за борба против корупцијата, но во суштина темпото со кое работи е невројатно. Само минатата година ДНА процесирала 1.138 водечки јавни личности во Романија, меѓу кои 24 градоначалници, петмина пратеници, двајца поранешни министри, како и поранешниот премиер Адрија Настасе. Минатата година, таа изјави дека секоја вечер по телевизиските програми се вршел упад врз нејзиниот приватен живот. Исто така, еден од медиумите во сопственост на олигарх ја обвини Ковеши за примање поткуп, по што таа возврати со контратужба за клевета. Инаку, Ковеши беше кандидат на поранешниот претседател Басеску, а доби подршка и од премирот Понта како дел од договорот за поделба на власта. Денес Националната управа за борба против корупцијата се наоѓа на четвртото место како романска институција која има најмногу доверба кај граѓаните, веднаш после црквата, армијата и безбедносните служби. nnn
13 МАРТ 2015
ЕНЕРГИЈА – БИЗНИС ВО ДВИЖЕЊЕ БИЗНИСОТ СО СОЛАРНИ ПАНЕЛИ ВО МАКЕДОНИЈА КОЈ И ЗОШТО ИМ ЗАБРАНУВА НА МАКЕДОНСКИТЕ ФИРМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ЗА СВОИ ПОТРЕБИ? КАКО ДА ГО НАПРАВИТЕ БИЗНИСОТ ЕНЕРГЕТСКО ЕФИКАСЕН? ШТО СЕ ВИ Е ПОТРЕБНО ДА ИЗГРАДИТЕ КУЌА КОЈА ЌЕ ШТЕДИ ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА? ИСКУСТВА И ПРАКТИКИ НА ФИРМИТЕ ОД РЕГИОНОТ И СВЕТОТ ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ? Повеќе информации во врска со прилогот и за претставување во истиот можете да добиете на е-маил marketing@kapital.mk или на телефонскиот број 02 3298 111
ЛИЦE ЗА КОНТАКТ:
ГОРДАНА МИХАЈЛОВСКА
ПОКАНА На 19 март 2015 година (четврток) во просториите на НБРМ, на 8. кат, со почеток во 14 часот, ќе се одржи 16. сесија на Клубот на истражувачите Доколку сакате да го презентирате Вашиот работен материјал на оваа сесија на Клубот на истражувачите, Ве молиме да н$ известите најдоцна до 2 март 2015 година (понеделник). Се надеваме дека ќе предизвикаме интерес кај Вас и кај Вашите колеги за учество на Клубот на истражувачите. Ве молиме да го потврдите Вашето присуство на оваа сесија на Клубот на истражувачите најдоцна до 16 март (понеделник) 2015 година на тел. +389 2 3298 110; електронска пошта: marketing@kapital.mk Напоменуваме дека зачленувањето во Клубот е од отворен карактер, за што подетални информации можете да видите на следнава врска: www.nbrm.mk/Клуб на истражувачи.
СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ
20 ЖЕНИТЕ ВО БИЗНИСОТ МАРТ 2015
МОЌТА НА ЖЕНИТЕ ВО МАКЕДОНСКИОТ БИЗНИС Предизвици и искуства со кои се соочуваат жените во бизнисот во македонските фирми. Успешните примери ги рушат сите табуа. Интервјуа со најуспешните жени во македонскиот бизнис ЖЕНИТЕ ВО УПРАВНИТЕ ОДБОРИ ИСКУСТВА И ПРАКТИКИ ОД СВЕТОТ Колку се жените застапени на менаџерските и лидерските позиции во фирмите? Примери од европските земји и скандинавските земји кои се лидери? Зошто е добро во управните одбори секогаш да има жени? ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВОПАТОТ ОД ИДЕЈА ДО БИЗНИС Колку е тешко една жена својата идеја да ја преточи во бизнис? Постојат ли фондови кои го поттикнуваат женското претприемништво? Колку лесно доаѓаат до финансии? МИТОВИ ЗА ЖЕНИТЕ ВО БИЗНИСОТ СОВЕТИ ОД УСПЕШНИ ЖЕНИ ПРЕТПРИЕМАЧИ Повеќе информации во врска со прилогот и за претставување во истиот можете да добиете на е-маил sanja.savovska@kapital.mk или на телефонскиот број 02 3298 111
ЛИЦE ЗА КОНТАКТ:
САЊА САВОВСКА
В
www.kapital.mk
Капитал број 800 27.02.2015
48
свет бизнис и политика
Во битката за доминација на пазарот на смартфони експертите сè уште се фокусираат на соперништвото меѓу Apple и Samsung. Додека јужнокорејската компанија успеа да создаде хегемонија со речиси двојна преднос т пред американскиот конкурент, тенденцијата почна да се движи во обратен правец од крајот на минатата година. Apple ја стабилизираше продажбата со новите модели iPhone 6 и iPhone 6 plus, со преминот на екрани поголеми од 4 инчи. Samsung многумина разочара со својот последен флегшип Galaxy S5, и објави пад на продажбата последниве тромесечија. Само статистички во борбата за пазарот се вклучи Lenovo откако од Google го купи Mobility делот на Motorola, со што се искачи на третото место. Но, изгледа дека сите го потценија малиот, на прв поглед, производител од Кина, Xiaomi. Пред пет години основаната компанија достигна трето место кај продажбата на смартфони во третото тромесечие на 2014 година, со раст кај продадените уреди од 211% во однос на истиот период во 2013 година - 61 милиони уреди, што е за преку 20 милиони повеќе отколку во претходната година. Во 2014 година приходите на Xiaomi пораснале за 135% (11,9 милијарди долари). Резултатите се впечатливи при фактот дека компанијата продава главно на кинескиот пазар, и во околните држави од Југоисточна Азија, како Индија, Индонезија, Малезија, Сингапур. Прогнозите се дека Xiaomi со ширење во западните држави може да стане опасен соперник за врвот меѓу производителите на смартфони.Досегашните модели на Xiaomi се продаваа по цени од 150 до 300 долари. Имаат многу добар дизајн и интерфејс подобрен од компанијата (MIUI). И по карактеристики не заостануваат зад флегшипите на големите производители. Главната разлика е во цената - Xiaomi своите модели ги продава неколку пати поевтино. Во овој контекст кинеската компанија ќе треба да се избори и со предрасудата дека ниската цена значи компромис во однос на квалитетот. Првиот чекор Кинезите го направија со моделот Mi Note (на пазарот од јануари 2015), како директен конкурент на iPhone
Како Xiaomi влезе меѓу топ-три производителите на смартфони?
ниски цени со штедење на сè, освен на квалитетот
Моделите на Xiaomi по карактеристиките не заостануваат зад флегшипите на најголемите производители. Главната разлика е во цената кинеската компанија своите модели ги продава неколку пати поевтино. Тоа е предност, но, и мана во очите на идните целни групи од развиените пазари, каде што Xiaomi ќе треба да се избори и со предрасудата дека ниската цена значи компромис во однос на квалитетот. Ќе биде многу интересно да се следи дали и таму ќе го повтори големиот успех што влезе меѓу најголемите производители на смартфони само со застапеност на пазарите во развој 6 Plus и на Samsung Galaxy Note 4. Mi Note е потенок од најновиот модел на Apple за 0,15 милиметри, полесен е, има поголем RAM, камери со повеќе пиксели (предна и задна), како и слот за две SIM картички. Xiaomi во меѓувреме објави подобрена верзија на Mi Note, со наставката Pro, која располага со многу поголема екранска резолуција.
Како е постигната ниската цена без да се направи компромис со квалитетот?
Шокирачкото во споредбата со Apple не се подобрите технички карактеристики на смартфонот на Xiaomi. Големите производители што користат Android, секогаш успевале да лансираат уреди со подобри показатели од „јаболкото“.
Xiaomi : не ни требаат сопствени продавници во онлајн ерата
www.kapital.mk
Капитал број 800 27.02.2015
49 Изненадувањето е во цената. Обичниот модел Mi Note чини одвај 370 долари, додека Pro верзијата е 530 долари. Основната цена на iPhone 6 без договор со оператор почнува од 650 долари, додека за iPhone 6 Plus од 750 долари. Разликата е речиси двојна. Дури и Apple да става висока маржа, конкурентите како Samsung, LG или Sony продаваат по слични, или пo само малку пониски цени. Galaxy Note 4 без договор со оператор во САД чини 750 долари. Одговорот се крие во бизнис моделот на компанијата. Производителите, во цената на уредите за крајните корисници, покрај трошоците за производство на компонентите и за нивното склопување, го додаваат и потрошеното за маркетинг, за дистрибуција ... и на крајот и одреден процент за добивка. Xiaomi користи неколку трикови со кои цената значително ја намалува, а тие не се поврзани со заштеда, односно компромис со компонентите. Кинеската компанија главно продава онлајн, и не располага со сопствени продавници и сложена дистрибутивна мрежа. Сите порачки се прават онлајн и трошоци има само за нивна обработка и за достава. Вториот елемент во стратегијата на Xiaomi за кратење на расходите е преосмислувањето на маркетинг стратегијата. Големите компании даваат многу пари за реклама - на телевизија, на интернет, на билборди, на настани ... Кинеската компанија во овој дел главно се потпира на социјалните мрежи и на промовирањето на нејзините уреди меѓу самите клиенти. „Ние не инвестираме во традиционален маркетинг. Живееме во социјалните мрежи, што се многу поевтина варијанта за нас“, вели потпретседателот на Xiaomi, Хуго Бара. Најинтересен момент во бизнис моделот на компанијата за кратење на расходите е во политиката цената на уредите да останува иста од нивното лансирање до две години подоцна. Xiaomi, од една страна, ја користи шемата на Apple да претставува мал број модели на смартфони. Но, од друга (страна), цената на своите уреди ја одржува иста, колку што може подолго. Повеќето производители кога пуштаат во продажба
Xiaomi тргнува кон САД Актуелни се најавите дека Xiaomi ќе влезе на американскиот пазар оваа година нудејќи им и на Американците да купуваат на порталот mi.com. За почеток, компанијата во САД нема да ги нуди своите смартфони, туку само дополнителната опрема. Причината се високите регулаторни и законски барања на американскиот пазар што се однесуваат на поскапите, односно посложените уреди како телефоните или телевизорите. Потпретседателот на Xiaomi, Хуго Бара, изјави дека смартфоните за американскиот пазар не се дел од плановите за оваа етапа, поради „огромната работа за локализирање на софтверот и на хардверот, за добивањето сертификати од регулаторите“. нов смартфон стартуваат со висока цена, и по шест месеци постепено почнуваат да ја намалуваат. Xiaomi стартува со ниска цена, и ја задржува понекогаш и до две години. За тоа време цените на компонентите поефинуваат, а центата на смартфонот останува иста. Xiaomi повеќе се смета за софтверски стартап, отколку за производител на смартфони. Компанијата почнала како развивач на интерфејсот за смартфони и таблети MIUI (Me You I) базиран на Android, а за истиот да го популаризира
развила и сопствен уред. MIUI „се врти“ на над 100 милиони смартфони во светот. Прашањето е дали Xiaomi ќе успее да го задржи својот бизнис модел откако ќе почне да навлегува на сè повеќе нови пазари. Ќе биде многу интересно да се следи дали ќе може да го повтори и на развиените пазари големиот успех што го постигна влегувајќи меѓу најголемите производители на смартфони само со застапеност на пазарите во развоj. nnn
Xiaomi : не инвестираме во традиционален маркетинг
www.kapital.mk
Капитал број 800 27.02.2015
50
CEO Profile
Стефан Винкелман
Д
директор на Ламборгини
Да се менаџира еден од најлуксузните брендови на автомобили од Италија е позиција која врши огромен притисок, но за Стефан Винкелман ова е врвот во неговата кариера во автомобилската индустрија која кулминираше во тоа тој целосно да ја ре-обнови позицијата што Ламборгини претходно ја имаше. Компанијата основана во 1963 година, помина речиси три декади на криза се додека не беше купена од германскиот гигант Фолксваген во 1998. Винкелман, Германец пораснат во Италија, го презеде кормилото на компанијата во 2005 година и оттогаш повторно почнаа рекордни продажби.
Прва брзина
Роден во Берлин во 1964 година, Винкелман се пресели во Италија со неговото семејство кога тој беше мал и порасна во Рим. Тој студираше политички науки во Рим, а по неговите студии помина неколку години во германската армија како падобранец, каде стигнал до звањето поручник. Неговата кариера започна во 1991 година во германската финансиска институција за услуги МЛП, пред тој да го фокусира своето внимание на автомобилската индустрија. Ова му донесе позиција во германскиот автомобилски гигант Мерцедес Бенц, пред да премине во италијанската автомобилска компанија Фиат во 1994. Тука тој помина декада во маркетинг секторот и секторот за продажба, базиран и во Италија и во странство. Тој стигна до позицијата извршен директор на Фиат во одделот за Австрија, Швајцарија и Германија, па се сели во италијанскиот град Болоња на почетокот во 2005 година каде доаѓа на сега актуелната позиција во Ламборгини како извршен директор и претседател на групацијата. Признанија за неговите достигнувања во враќањето на гордоста на познатиот италијански бренд за автомобили по прв пат доаѓаат во 2009 кога Винкелман беше награден со признание од Италијанската влада.
Германска дисциплина и италијанска страст Експертиза
Пресвртот во среќата на Ламборгини изминатава декада се поклопи со менаџирањето на Винкелман. Во едно интервју, тој зборува за тоа што досега успеале да го постигнат: “Сметам дека тоа што ние го направивме во последните 10 година не е ништо помалку од одлично кога станува збор за автомобилската индустрија. Ако ги погледнете бројките, ние три пати го зголемивме производството во последната декада, што значи дека во овие десет години сме направиле продажба која е две третини од целокупната продажба на Ламборгини во изминатите 50 години”. Специфичноста во водењето на бренд за луксузни автомобили за разлика од онаа кај
традиционалната автомобилска индустрија е да се знаат трендовите и што е она што сега е во мода. Минатата година, Винкелман рече: „Вообичаено во автомобилскиот бизнис, работите се сведуваат на максимизирање на приходот и маржите - значи треба да работите само на тоа да ги вратите инвестициите. Кај компаниите за луксузни автомобили ова е многу тешко оти работите за специфичен пазар. Не можете да го максимизирате профитот оти во луксузниот бизнис, комбиниран со автомобилски бизнис, не само што се’ е посложено туку треба многу време и пари да посветите на истражување и развој.” „Може да бидат потребни многу години за да произведете автомобил, па дури потоа
www.kapital.mk
Капитал број 800 27.02.2015
51 Ламборгини
1963 2012 458 830 основана
произведени возила во 2013-та
милиони евра приход во 2013-та
Помина половина век откако Ламборгини (Lamborghini) за прв пат го предизвика светот на автомобилите, но со поставувањето на Стефан Винкелман на местото извршен директор, компаниското тркало на среќата целосно се заврте конечно да може да ја продавате, и вие секогаш знаете дека бројот е ограничен на автомобили кои ќе ги продадете. Затоа треба да ја познавате автомобилската индустрија, но исто така да ја познавате и природата на луксузниот бизнис кој се фокусира да продаде помалку од тоа што се бара. Работата е во креирање на имиџ и мистичност околу се’ она што го правите бидејќи брендот секогаш треба да биде многу повеќе отколку самиот продукт“.
Контрола на брзината
Дискутирајќи за патот на неговата кариера, од студент на политички науки до врвната позиција на еден од водечките брендови за луксузни автомобили, Винкелман вели: “Секогаш го работев она за што имав интерес. Многу ги сакав моторите кога бев дете. Сакам работи кои се технолошки предизвик. Сакам работи кои имаат бренд па затоа мислам дека автомобилската
индустрија е најсложена индустрија, бидејќи го имате она што е во мода комбинирано со многу големи инвестиции помешани со високо ниво на последни технологии и инженерство. Потоа го имате маркетингот, продажба и после продажба. Сметам дека не постои продукт што е толку сложен, предизвикувачки и интересен во исто време. Среќен сум и горд да бидам дел од Ламборгини“. Иако неговото образование е сосема различно од она што тој денес го работи, Винкелман вели дека никогаш не бил со намера да оди во политика: „Што се однесува до моите студии по политика и како завршив на такви студии, има повеќе коинциденции. По студиите никогаш немав намера да одам во политика или да останам на факултет. Сакав да најдам нови работи, нови предизвици“. Винкелман вели дека комбинацијата од неговото германско и италијанско наследство
вработени
му дале важна меѓународна перспектива на правење бизнис: „Работев за германска фирма 11 години и потоа преминав во германската автомобилска индустрија. Сметам дека има нешто повеќе во мене од само тоа што сум роден Германец пораснат во Рим. Мора да имате и меѓународен пристап, и всушност јас верувам дека менаџерите не треба да гледаат во пасоши, туку во вештини и страст“. Тој додава: „Она што го преземав од италијанската култура е креативноста и страста која тие ја имаат, како и флексибилноста. Од германска страна пак, е довербата, нивото на организација и прецизноста во работите кои ги правам. Мислам дека очекувам многу од луѓето со кои работам, и тие тоа го знаат. Во исто време, мислам дека и тие знаат дека може во секое време да сметаат на мене - дека јас сум овде, дека сум одговорен кога е потребна соработка или совети. Тоа е многу важно. nnn
www.kapital.mk
Капитал број 800 27.02.2015
52
луѓе и компании
Крешимир Добриловиќ член на управата на Fleet Fleet rent-a-car
Компанијата која за две и пол години стана лидер во Хрватска
ч
Членот на управата на Fleet рент-а-кар, Крешимир Добриловиќ, го опиша за Poslovni.hr работењето и проблемите на рент-а-кар бизнисот во Хрватска. Fleet
рент-а-кар е сегмент од работењето на TRCZ Групата, кој брои 42 вработени и флота која се состои од 1.800 возила Нивните канцеларии се наоѓаат во Загреб, во хотелите Westin и Sheraton, како и на загребскиот аеродром. На приморјето се присутни на аеродромите на Крк и во Пула, како и во Риека во хотелот Bonavia, а во Далмација канцеларии имаат на аеродромите во Задар, во Сплит и во Дубровник, и во градовите Сплит, Макарска и Дубровник. Се работи за млада компанија која со работа започна во март 2012, и според сите показатели за две и пол години стана број еден во Хрватска. XX Од каде идејата за рент-а-кар? Рент-а-карот е основан со цел да се здружат повеќе дејности во рамките на TRCZ Групата, како продажбата
на користени возила, сервисирањето, наемот на возила и управувањето со возни паркови. Fleet рент-а-кар и Fleet менаџмент се, меѓу другото, основани како извор на квалитетни користени возила за продажба во TRCZ автомобили, што засега се покажува како одлична идеја. XX Кои видови на наеми ги нудите? Најкраткиот наем е 24 часа, а цените најмногу зависат од траењето на наемот и од групата на која и припаѓа возилото (имаме 37 групи) за кое корисникот ќе се одлучи. Единствени сме на пазарот бидејќи нудиме возила од 19 различни марки, со што нашиот слоган „Силата на изборот“ дополнително добива на значење. Особено би ги истакнал потполно новите Smart возила кои се исклучително практични за во град, како и понудата на возилата од S класата на Mercedes и Porsche Cayenn.
Рент-а-Кар: Дава флексибилност која лизингот ја нема
www.kapital.mk
Капитал број 800 27.02.2015
53 iPhone апликација Први, уште на почетокот на работењето во 2012, воведовме можност за наем на Wi-Fi уреди заедно со нашите возила, што е препознаено од страна на странските туристи. Уште една наша предност е покриеноста на нашата флота со GPS уреди, која изнесува 45%, што им е важно на повеќето странски туристи. Ние први развивме и iPhone апликација со која може да се направи резервација на наши возила. Но, секако, квалитетот на услугата и достапноста се покрај наброените предности нашата главна водилка, и на подобрувањето од овој аспект константно работиме. Нето приходите во однос на лани ќе ни пораснат за 45%. Додека планот на зголемување на нето добивката е над 80%. Во сите сегменти на работењето бележиме раст над планираниот. Сметам дека растеме поради тоа што настојуваме да бидеме иновативни.
Почна со работа само пред две години, а веќе е број еден во овој бизнис Ширење во уште две земји
XX Лизинг или рент-а-кар, што е поповолно за компаниите? Рент-а-карот по својата дефиниција е многу различен од лизингот, но доколку одредена компанија одлучи да најми возила на една година, дава флексибилност која лизингот ја нема. При тоа корисникот добива комплетна услуга, а сите трошоци му се содржани во една месечна рата, однапред дефинирана за целото време на траење на наемот. XX Како е уреден пазарот на рент-а-кар во Хрватска? Рен-а-карот не е докрај регулиран со Законот за туризам, ниту со Законот за сообраќај. Затоа постојат повеќе
можности за развој на сива зона во нашата дејност. Голем исчекор се случи со воведувањето на фискалните сметки, што ја намали можноста за разни манипулации со наплатата. Но, секако очекуваме помош од Владата околу регулирањето на пазарот кој според некои процени „тежи“ над 500 милиони куни (околу 66 милиони евра). XX Планирате ли ширење на бизнисот? Во 2016 година се планира ширење во две земји од регионот, за што веќе се подготвуваат бизнис планови. Засега не сакаме да ги објавуваме имињата на државите - можам само да кажам дека се подготвува ширење на рент-а-карот. nnn
ПАЗАР: Рент-А-Кар услугите во Хрватска “тежат“ 66 мил. ЕВРа годишно
www.kapital.mk
Капитал број 800 27.02.2015
54
Кариера
Шест причини поради кои никако немојте да дадете отказ
Д
Доколку се чувствувате неисполнето на моменталното работно место, тоа не значи дека во истиот момент би требало по секоја цена да ја смените околината и да го прифатите првото место кое ќе ви биде понудено. Ова се шесте причини поради кои никако не би требало да давате отказ.
1.Љубомора
Веројатно сте слушнале како вашите познаници зборуваат колку си ја сакаат работата или колку се задоволни од платите.
Луѓето со секоја нова година сакаат и нов почеток, особено кога размислуваат за својата кариера. Но, тука треба да се биде внимателен. Но, многу е веројатно дека не ви ги кажуваат лошите страни на својата работа, како подолгото работно време и зголемениот стрес. Исто така, бидете свесни дека секоја работа е специфична, и колку и да ви се чини примамлива кога слушате за неа од другите, во стварноста ситуацијата би можело да испадне поинаква од онаа на која сте се надевале.
2.
Здодевност
Можеби ви е здодевно на работа, и сметате дека немате многу динамични задачи. Но, тоа не е вистинска причина за заминување. Можеби само ви треба поголем предизвик на истото работно место.
3.
Многу работа Бидете свесни за
фактот дека веројатно ќе дојде период кога ќе имате помалку работа, односно, не брзајте со одлуката за напуштање на работното место. Обидете се да поразговарате со шефот доколку сметате дека стресот почнува негативно да влијае на вашата работа.
4.
Сте имале лош ден или седмица
Тоа ќе ви се случува на секоја работа. Некои нешта едноставно морате да ги истрпите, но, знајте и дека се работи за моментална ситуација која набргу ќе се промени.
5.Колегите на работа Во секоја група луѓе ќе најдете такви кои ќе ги сакате и такви кои нема да
ги поднесувате. Така е и на работното место. Со оние кои не ги сакате или не се сложувате, не влегувајте во расправи, а интеракцијата нека ви биде минимална.
Се чувствувате 6. недоволно почитувани
Тоа единствено ќе го промените со квалитетна работа и вишок залагање. Но, не очекувајте резултати и промени преку ноќ. Исто така, промената на работното место никако нема автоматски да ви донесе респект од соработниците и шефовите. За нивната наклонетост ќе мора уште повеќе да се потрудите отколку на старото работно место. nnn
" ! " " #
!"#$%&'$ & ()" *%+ ,- $
Капитал број 800 27.02.2015
56
www.kapital.mk
нА РУЧЕК СО...
Елена Ристеска музички уметник
Сонувам за општест во кое ќе зборуваме за уметност, а не за проблеми!
www.kapital.mk
тво
Капитал број 800 27.02.2015
57 разговара:
Александар Јанев
К aleksandar.janev@kapital.mk
фотографија:
Дејан Азески
dejan.azeski@kapital.mk
Кога ја слушате на радио, имате чувство дека звучникот ќе експлодира во секој момент од моќноста на нејзиниот глас. Кога пее во живо на фестивали или концерти, им фрла сенка дури и на сопствените студиски снимки. Некој ќе рече „што е важен пејачот кога песната ја создава композитор“, меѓутоа дури и најубавите песни може да звучат многу лошо ако се отпеани од лоши пејачи. Елена Ристеска низ годините досега докажа дека е брилијантен пејач. Настапувајќи во регионално телевизиско шоу каде што можевме да ја видиме во улога на најголемите музички ѕвезди, подобро ја отпеа Агилера од Агилера, Есма од Есма. Во нејзините песни може да ја чуете како достигнува неверојатни височини од оперски ранг, а во друг момент опевајќи мелахнолични приказни, гласот може да ви зазвучи како крик. Музиката што ја пее комбинира повеќе стилови, од поп до хип хоп, а во новата музика што допрва ќе ја објави во јавноста се обидува да го реинкарнира дури и Боб Марли.
„Ѕвездата е родена“ на аудиција
Музичката приказна на Елена Ристеска започнува заедно со уште илјадници други млади луѓе кои биле пријавени на аудицијата на М2 за откривање на нови ѕвезди на македонската естрада. Но повеќето приказни што започнаа на аудициите, завршија уште во истиот момент, а нејзината трае веќе 12 години. Вели дека уште од многу мала покажала дека има талент за музика кога сите играчки и служеле како микрофони за пеење така што никој од семејството не бил изненаден кога токму таа беше одбрана да биде новата ѕвезда на М2.
Нова музика „Не сакам да издавам песни и албуми по секоја цена. Во последните неколку години иако од време на време издавав по некоја песна, не значи дека не бев продуктивна. Имам снимено над 30 песни, дел од нив се доработуваат, но дојдовме до фазата да ги одбереме најдобрите што ќе ги ставиме на мојот следен албум. Всушност станува збор за два одделни проекти, еден албум на кој што публиката ќе може да слушне поп - рок музика и класични балади, и друг албум на кој што треба да се најдат повеќе аренби и хип хоп песни кои што ги компонираат млади музичари со кои досега не сум соработувала“ По 12 години, аудициите на музички таленти се поактуелни од кога било досега, а Елена вели дека младите луѓе што се натпреваруваат на овие избори со своите врсници од цел регион само докажуваат дека сме најталентираната музичка нација на Балканот. „Овие аудиции се добар начин да излезете од анонимност, но дури и победа на едно такво шоу сама по себе не гарантира дека ќе направите успешна кариера. Не ви значи многу за вашата кариера ако ви дадат автомобил како награда што сте победиле на едно такво шоу. Јас добив кариера како награда. Зад мене застана сериозна продукција како што е М2, која ми овозможи понатаму да работам со најдобрите музички композитори и продуценти и како производ на таа соработка се изродија квалитетни песни и албуми“. Од победата на М2 потрагата по ѕвезда до денес, Елена издаде три албуми, но и многу синглови, видео спотови, концерти и настапи на фестивали. Се уште работи со истиот тим со кој што ја почна кариерата бидејќи како што вели „тимот што победува не треба да се менува“. „Не сакам да издавам песни и албуми по секоја цена. Во последните неколку години иако од време на време издавав по некоја песна, не значи дека не бев продуктивна. Имам снимено над 30 песни, дел од нив се доработуваат, но дојдовме до фазата да ги одбереме најдобрите што ќе ги ставиме на мојот следен албум. Всушност станува збор за два одделни проекти, еден албум на кој што публиката ќе може да слушне поп - рок музика и класични балади, и друг албум на кој што треба да се најдат повеќе аренби и хип хоп песни кои што ги компонираат млади музичари со кои досега не сум соработувала“. Елена открива дека со овие албуми
планира посериозно да се ангажира во освојување на целиот регион, особено откако телевизиското шоу „Твоето лице звучи познато“ успеа да ја промовира кај пошироката јавност во неколку соседни држави. „Публиката во регионот ме бара, а кога некој ве бара не смеете да останете рамнодушен, туку напротив, треба да им го овозможите тоа задоволство. Зарем би се наметнувала сама некаде ако сметам дека немам потенцијална публика. Ова шоу ме проби во цел регион и сега мислам дека е вистинско време таа предност да се искористи“
Поголема поддршка од медиумите за македонската музика
Македонската музика со текот на години се повеќе ја губи поддршката од локалните медиуми, а доказ за тоа се увозните програми кои ги преплавија телевизиите во кои предност им се дава на туѓа музика и туѓи таленти. Елена вели дека во одредени медиуми се случува често наместо за нивните дела, новинарите да пишуваат за нивните приватни животи бидејќи поз навајќи го македонскиот менталитет, тие написи многу повеќе продаваат. Но, според неа, поголем дел од медиумите секогаш објективно ги следат кариерите на јавните личности. „Како што минува времето, се потешко може да ме повреди некоја невистина што ќе ја прочитам или слушнам на некој медиум. Понекогаш ме загрижува што ќе помисли мојата публика, дали ќе поверува на тие измислици или не и тоа е тоа што всушност најмногу ве повредува. Кај пријателите и семејството кои што ме познаваат најдобро, убедена сум дека тие приказни не допираат. Но, на крајот на краиштата, секој човек живее со својата совест. Како велат, ниедна перница на светот не е
www.kapital.mk
Капитал број 800 27.02.2015
58
нА РУЧЕК СО...
uНе значи многу за вашата кариера ако ви дадат автомобил како награда што сте победиле на едно талент шоу. Јас добив кариера како награда. uПубликата во регионот ме бара, а кога некој ве бара не смеете да останете рамнодушен, туку напротив, треба да им го овозможите тоа задоволство. uСакам да верувам дека што побрзо оваа земја ќе стане место каде што младите ќе ја гледаат својата иднина бидејќи јас сум оптимист по природа.
толку мека како чиста совест, така што ако нешто е лага или измислица, воопшто не ме погодува. Оваа фраза е дел и од една моја нова песна“ Иако вообичаено медиумите пишуваат за ривалство меѓу колегите, а често може да се прочитаат и погрдни зборови упатени од еден за друг колега, Елена вели дека реалноста е дека сепак може да се најде добар пријател и меѓу колегите. „Како и сите други луѓе во различни сфери од општеството, така и меѓу музичарите има луѓе што може да ви бидат пријатели и луѓе со кои што нема да се дружите најмногу. За среќа имам неколку колеги за кои што можам да кажам дека ми се вистински пријатели, со кои што често знаеме да одиме на вечера или на кафе и да споделиме дел од нашите приватни проблеми. Меѓутоа, сепак сметам дека најдобри другари ви се луѓето што ве знаат од мали нозе, што биле ваши другари и кога не сте ни помислувале дека еден ден ќе бидете позната личност“
Ако си музичар, можеш да заработиш само од концерт
Еден од најголемите проблеми со кои што се соочува домашната музичка индустрија според Елена, е тоа што недоволно се вложува во квалитетна продукција. Во време кога изостанува поддршката од бизнис секторот бидејќи приватните фирми се соочуваат со сопствени финансиски проблеми, целата продукција на македонска музика се доведува во прашање бидејќи музичарите не заработуваат доволно за сами да финансираат снимање на квалитетни песни и видео спотови.
„Ако си музичар во Македонија, можеш да заработиш само од настапи и концерти, но не и од продажба на албуми или синглови бидејќи интернетот ги урива легалните продажби. Но, и тоа не е доволно за да може да платите за квалитетна песна или спот, бидејќи добрите композитори или режисери чинат скапо. Ако пак сакате да изградите успешна кариера надвор од земјата, тогаш тоа станува буквално невозможно без да имате финансиска поддршка“ Обидите на државата преку субвенции со народни пари да поттикнува продукција на домашна музика според Елена е одлична идеја. „Оваа идеја може навистина да помогне македонската музика да исплива на површина во време кога доживува криза, но мислам дека треба да се променат критериумите според кои се финансира создавањето нови песни. Според мене во преден план треба да биде квалитетот на песните што ќе се поддржуваат, наместо да се губи време и енергија за обемната документација што се бара при аплицирањето. Тоа навистина делува демотивирачки и како последица на тоа, на овие конкурси изостанаа најпознатите музички имиња“. Голем удар за домашната музичка продукција дојде и од последниот Скопски фестивал кога на површина излезе криминално однесување на некои пејачи и музичари што всушност се случувало со години и на различни фестивали. Елена вели дека иако не настапувала на конкретниот фестивал, ова поведение ги демотивира
музичарите да создаваат квалитетни песни и да се се натпреваруваат меѓу себе. За себе вели дека и покрај тоа што за фестивалите се врзуваат задкулисни игри и местенки, најчесто мотив за да настапува на некој фестивал и е ретката прилика да пее во живо со ревиски оркестар.
Аполитична со свои ставови за општествените проблеми
Уште на почетокот на разговорот знаејќи дека зборува со новинар од медиум што пишува за економски и политички проблеми, Елена потенцираше дека воопшто не ја интересира политиката. Меѓутоа, сепак кога станува збор за проблемите со кои се соочува државата има свои размислувања. „Сакам да верувам дека што побрзо оваа земја ќе стане место каде што младите ќе ја гледаат својата иднина бидејќи јас сум оптимист по природа. Го разбирам незадоволството кај граѓаните од моменталните проблеми, како што е на пример невработеноста или ниските плати, но мислам дека секој од нас треба да даде се од себе за да успее во животот. Ако секој од нас индивидуално посвети многу време и труд во обид да ги промени нештата кон подобро, тогаш неминовно ситуацијата ќе се промени кон подобро за цел колектив“. Како човек што неодамна ги напуштил студентските клупи, Елена вели дека целосно ги разбира студентите и нивните проблеми. Според неа, секоја власт треба да има слух за студентските потреби и барања бидејќи младите се иднината на секоја држава. nnn
ристеска: дизајнирам модна линија на чевли
Произведува Макпрогрес доо, ул. Илинденска бб, 2310 Виница, Р. Македонија тел.: 033 36 22 89; факс: 033 36 22 99; info@makprogres.com.mk
www.makprogres.com.mk
www.vincinni.com