801 kapital magazin

Page 1

Македонската индустрија работи со машини стари над две децении Што се крие зад новите бранувања под површината на меѓуетничките односи во Македонија?

број 800 | цена 100 ден. | 27 февруари, 2015 | петок | година 16

Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

www.kapital.mk

анализа

www.kapital.mk

дури

281,8

? во што е проблемот

И покрај сите поволности, странците ги вадат парите од Македонија

милиони евра одлеани како дивиденди лани Зошто инвеститорите лани одлучиле да го репатрираат профитот што го создавале сите претходни години?!

Педро Хименез Наваро interview Хуан директор на АрцелорМитал-Скопје Со инвестирање во нови производи ги надминавме предизвиците Илон Маск: Супер-претприемач кој прави пари спасувајќи го светот




4

Капитал број 801 06.03.2015

содржина 12 cover story

42

Рекордни 281,8 милиони евра одлеани како дивиденди лани

Интервју 18 Хуан Педро Хименез Наваро

директор на АрцелорМитал-Скопје

Со инвестирање во нови производи ги надминавме предизвиците

22анализа

Македонската индустрија работи со машини стари над две децении Фабрики музеи

26

Интервју Мирослав Марчев

18

претсетадел на УО на AmCham

Бизнис заедницата сака уште поквалитетен дијалог со Владата

30Лидери

Ванчо Чифлиганец не застанува со проектите Адора ќе гради 450 нови станови во Скопје

32Јавни набавки

Новата законска обврска наметна нови трошоци Државните службеници учат англиски на државна сметка

26

34"Капитал" анализа

Што се крие зад новите бранувања под површината на меѓуетничките односи во Македонија?

38

БАЛКАН бизнис и политика

Бугарската развојна банка ќе ги рефинансира компаниите со лоши кредити

40кариера

Како да се вработите во Google?

Репатријација

Фабрики музеи

Странските инвеститори што работат во Македонија минатата година одлеале дури 281,8 милиони евра надвор од земјата во вид на исплатена дивиденда кон матичните компании во странство, покажуваат најновите податоци на Народната банка. Испитавме зошто се случило тоа.

Иако постојано се зборува за реиндустријализација, во Македонија никој досега не направил истражување за тоа со какви машини работат македонските компании. Ако се посетат погоните на некои од најголемите индустриски капацитети во земјата тие повеќе наликуваат на музеи, отколку на фабрики.

XXСтр. 12

XXСтр. 22

Странски инвестиции: Лани одлеани дури 281,8 мил

Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул.Партизански одреди бр. 17-1/16 l П. ФАХ 503, 1000 Скопје l Основач и директор: Љупчо Зиков l Одговорен уредник: Биљана Здравковска Сто


5

и бизнис 42Технологии

Бизнис империјата на Илон Маск Супер-претприемач кој прави пари спасувајќи го светот

Profile 46CEO Паскал Сорио

извршен директор на AstraZeneca

Враќање кон иновациите

22

ручек со... 48на Денко Малески

професор и прв министер за надворешни работи на Македонија

Потребна е поголема самокритичност во надворешната политика

Ду ју спик инглиш? Јес, ај ем. Иако законската обврска што стапи на сила пред една година, пропишува дека секој нов службеник во администрација, ќе мора да достави меѓународно признат сертификат за познавање на странски јазик, државата се уште троши илјадници евра за обука на веќе вработените, кои или немаат доволно познавање или немаат валиден сертификат за познавање на јазикот. XXСтр. 32

XXСтр. 42

Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

Не морате да ги менувате детските соништа и кога ќе пораснете, дури и ако се толку амбициозни да мечтаете да му овозможите на човештвото да живее на други планети доколку тоа стане невозможно на Земјата, порачува биографијата на претприемачот и иноватор Илон Маск.

ШТО СЕ КРИЕ ЗАД НОВИТЕ БРАНУВАЊА ПОД ПОВРШИНАТА НА МЕЃУЕТНИЧКИТЕ ОДНОСИ ВО МАКЕДОНИЈА?

БРОЈ 800 | ЦЕНА 100 ДЕН. | 27 ФЕВРУАРИ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16

Илон Маск

WWW.KAPITAL.MK

48

АНАЛИЗА МАКЕДОНСКАТА ИНДУСТРИЈА РАБОТИ СО МАШИНИ СТАРИ НАД ДВЕ ДЕЦЕНИИ

WWW.KAPITAL.MK

ДУРИ

281,8

? во што е проблемот

И ПОКРАЈ СИТЕ ПОВОЛНОСТИ, СТРАНЦИТЕ ГИ ВАДАТ ПАРИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА

МИЛИОНИ ЕВРА ОДЛЕАНИ КАКО ДИВИДЕНДИ ЛАНИ Зошто инвеститорите лани одлучиле да го репатрираат профитот што го создавале сите претходни години?!

ХУАН ПЕДРО ХИМЕНЕЗ НАВАРО INTERVIEW директор на АрцелорМитал-Скопје СО ИНВЕСТИРАЊЕ ВО НОВИ ПРОИЗВОДИ ГИ НАДМИНАВМЕ ПРЕДИЗВИЦИТЕ ИЛОН МАСК: СУПЕР-ПРЕТПРИЕМАЧ КОЈ ПРАВИ ПАРИ СПАСУВАЈЌИ ГО СВЕТОТ

лиони евра од Македонија по основ на дивиденди

ојчевска l Печати: Графички центар Скопје, ул. Скупи бб, 1000 Скопје l Тираж: 3.000 примероци l Датум на печатење: 05.03.2015


6

Капитал број 801 06.03.2015 издава: Капитал Медиа Гроуп основан 1999 година основач: Љупчо Зиков Маркс и Енгелс бр.7, зграда 1, влез 1, кат 6 стан бр.31 и 32, 1000 Скопје, Македонија

тел. ++ 389 2 3280 910 www.kapital.mk www.facebook/KapitalMK

WWW.KAPITAL.MK

Претплатете се на КАПИТАЛ...

И

(СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ)

"ТЕПАЧКА" МЕЃУ БАНКИТЕ ЗА ДОБРИТЕ КОМПАНИИ. ШТО ЌЕ СЕ БАРА?

Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

БРОЈ 800 | ЦЕНА 100 ДЕН. | 27 ФЕВРУАРИ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16

дејата и визијата за тоа што сакаат да направат, беше највредниот капитал кој го COVER STORY поседуваа луѓето што ја почнаа приказната НОВИОТ РУСКИ ГАСОВОД ЌЕ за Капитал пред повеќе од 15 години. Со ЈА СТАВИ МАКЕДОНИЈА макотрпна и посветена работа на својот тим, ДА ИЗБИРА МЕЃУ ИСТОКОТ магазинот се наметна како еден од најрелевантните И ЗАПАДОТ ?! извори на квалитетни информации во Македонија и регионот, значајни за приватниот, јавниот и WWW.KAPITAL.MK невладиниот сектор. Да се биде лидер на пазарот INTERVIEW во својот сегмент е голема чест и задоволство, но и ЈАНКО МЕДЈА голема обврска кон сите што секоја недела нетрпеливо го чекаат Капитал да ги информира за економските По неколку години, НЛБ Групација со позитивни резултати. проблематики и актуелности, но, и да ги едуцира со Преструктуирањето продолжува своите содржини за најновите трендови. Капитал се чита во директорски канцеларии, Капитал INTERVIEW ВЕРНЕР ШЕРЕР се чита во кабинети на политичари, Капитал се чита СО СИГУРЕН ЧЕКОР КОН ИДНИНАТА на универзитети, институти, “тинк-тенк” центри.... ЈАВНА АДМИНИСТРАЦИЈА: ОГЛАСИ ЗА НАД 1.300 НОВИ ВРАБОТУВАЊА едноставно Капитал е секаде кај што се с о го дишна донесуваат одлуки и креираат п р е т п лата од политики и стратегии. претседател на Управен одбор на НЛБ Љубљана и претседател на Надзорен одбор на НЛБ Тутунска

претседател на Управниот одбор на EOS Group

12 месечна претплата 4.100 денари со вклучени 20% попуст

24 месечна претплата 6.100 денари со вклучени 40% попуст

COVER STORY

ДОМАШНИТЕ БИЗНИС ПОЧЕТОЦИ МЕЃУ СОНОТ И ЈАВЕТО! КАДЕ СМЕ?

АНАЛИЗА

КАКВО ФАЈДЕ ИМААТ ИЗВОЗНИТЕ КОМПАНИИ ОД ЕКОНОМСКИТЕ ПРОМОТОРИ?

COVER STORY

БАЛКАН

БЕРЗИТЕ НOСАТ НАЈГОЛЕМ ЌАР, КАМАТИТЕ НА ИСТОРИСКИ МИНИМУМ

СРБИТЕ ВО ПАНИКА! ХРВАТИТЕ ГИ КУПИЈА НАЈГОЛЕМИТЕ СРПСКИ БРЕНДОВИ

АНАЛИЗА

ЕВТИНИ ПАРИ И СЛАБА ВАЛУТАРЕЦЕПТ ЗА ПОГОЛЕМ РАСТ ИЛИ ОЧАЕН ПОТЕГ ЗА СПАС

БАЛКАН

НА ГРЧКИОТ ХАРИ ПОТЕР НЕМА ДА МУ ТРЕБА МНОГУ ЗА ДА НАПРАВИ МАГИЈА

МАГАЗИН ЗА БИЗНИС И ПОЛИТИКА

www.kapital.mk

МАГАЗИН ЗА БИЗНИС И ПОЛИТИКА

СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ

ГО ЖИВНАА ОСИГУРУВАЊЕТО НА БИЗНИСОТ

ЕВРОПА JA ЧЕКА

БРОЈ 796 ЦЕНА 100 ДЕН. | 30 ЈАНУАРИ, 2015, ПЕТОК | ГОДИНА 16

со вклучени 15% попуст

денари, заштедете

www.kapital.mk

6 месечна претплата 2.200 денари

4.100 20% БРОЈ 797 ЦЕНА 100 ДЕН. | 6 ФЕВРУАРИ, 2015, ПЕТОК | ГОДИНА 16

Во време кога квалитетната информација е најскапоцен ресурс, не дозволувајте да останете без најскапоценото. Станете и вие дел од семејството на редовни читатели на Капитал и искористете ги поволните пакети за претплата што ги подготвивме за вас.

ДОМИНО-ЕФЕКТ НА СИРИЗА

ЈАНИС ВАРУФАКИС НОВОТО ЛИЦЕ НА ГРЧКАТА КРИЗА

МАРКСИСТ КОЈ ЌЕ ГО СПАСУВА КАПИТАЛИЗМОТ

КАПИТАЛ ПРОГНОЗИРА:

ЕВРОТО И ДОЛАРОТ ЌЕ СЕ ИЗЕДНАЧАТ!

*Во цената е вклучен ддв и платена поштарина

...заеднички ја креираме додадената вредност на нашите животни проекти...


STAND BY

www.kapital.mk

Капитал број 801 06.03.2015

... Меѓусебно соочување на врбите во Вардар ...

Љупчо Зиков ljupco.zikov@kapital.mk http://www.facebook.com/ljupco.zikov

Троскотот од сите четири партии ... две македонски и две албански, кои со пиштол во глава ја држат оваа земја и нејзините граѓани во заложништво, ке биде радикално искубан... Троскот си е троскот ... Е, младичу, дури тогаш, ако има тогаш ... ние ке правиме држава... Јасен ли ти е сега мојот став ... Ако ти е јасен пренеси понатаму ... Ти тоа добро го правиш ...со векови ... !!! Затоа што толку добро го правиш тоа ... до денес сеуште немаш држава ... Поброен ти е народот надвор отколку дома ... Арам да ти е и ексик на парите ...!!! Пеза.

D

еновиве го бараат мојот став за бомбите... Весници, телевизии портали... Им порачувам да не ме замараат... И едните и другите.... Се што е содржина на бомбите на Зоран заев јас лично сум го коментирал во сите мои колумни и текстови откако сум новинар ... од моите сериозни почетоци во Дневник во 1996 до денес... Кој сака нека чита ... сето ова македонксата јавност го знае ... Она што е нов момент е соочување со содржината на бомбите. Соочувањето како такво и од страна на нормалната македонска јавност и од страна на опозицијата и власта во овие 25 години ... две македонски и две албански партии што ги сметам за најретардиораниот политички композити сочинет од евтини ликови, класични социјални случаи порозни на продор

на странски служби ... сакате источни сакате европски сакате прекуокеански бирајте се има ... И сега ... Ние сме им виновни ... Денес, оваа екипа најлесно и е пред јавноста да се хомогензира во семејство ... Да да семејство едно биле ... А во семејството семејно насилство. Имате ли памет вие ...! „Државата во џебно издање„ кои некои, во кои се вбројувам и јас, ја викаат Република Македонија, некои ја викаат ФИРОМ, Некои ФИР Македонија, а некои воопшто не ја викаат ... и не ги есапат нејзините официјални лица веке две ипол децении, периодов ја доживува својата можеби најдлабока криза од нејзиното никнување во 1991. Бомбите пукаат на сите страни, шрапнели удаарт по вадини претставници ... де имало странски служби, де не биле странски служби, па има тези дека ова е масло на домашните предавници и шпиуни, а оние наши Македонци што тоа го обвинуваат, и тие шпиунирале кога биле на другата страна.

7


www.kapital.mk

Капитал број 801 06.03.2015

8

патот напред

Затоа што одамна овде шпијун на шпијун ... шпијун му е! Ова е земја на шпијуни. Одамна. Се тргува со информации....седнуваат со вас на кафе, сакаат да купат информација. Периодов има инфлација на покани до мене за на кафе, за на ручек, на салата, на скара и пиво, на гости ... сите сакаат нешто повеке да дознаат. Да купат, па да продадат ... Ништо не им продавам ... нека цркнат јадните ... Велат ... ова кај Зоран Заев е масло на странски служби ... има одговарам... Глупави едни: а кога не било бре. И како веднаш тоа ве интересира ... Јадници ... А што кажува тој на пресови, тоа не ве интересира ... Само кој ве слушал. Па само мене едно три министри во оваа влада, од кои едниот е вицепремиер ова се, речиси се, особено за економијата ми го има кажано сто пати во овие девет години... Се разбира на кафе ... на пресови звучи сосема друго ... Нели дел од семејството е тој, нераскинлив дел од семејството ... како беше таа изјава што ја случнавме деновиве ... Еве еден друг аспект кој упатува на тошноста на тезата дека се странски служби во прачање... Па, да не има луге во оваа земја што таква сложена операција на прислучување, која трае пет, шест и повеке години, може да изведе, а притоа никој од Македонците или Македончињата да не продаде информација за бедни неколку стотици илјади евра, и од социјален случај да стане стаме, стасит и одеднач без никаков труд реализиран граѓанин ... Со сета почет кон политиката на Киро Глигоров, и она што му се случи во 1995 година .... бидејќи се вбројувам во оние кои му ја почитуваа работата и мислата .... ама, видете бре, на оваа држава во поновата своја историја од 1990 наваму еден атентат и се случи, па тргна да го менаџира ... и да ми простите, ама и тој атентат е неуспешен ... Статива. Килаво. Го отепаа шоферот ...! Замислете. Затоа што овде нема кадарни играчи за големи проекти ... Овде со оваа работа се занимаваат ситни риби, што прават бељи за мали пари ...џепароши, инфантилни ликови, пејачи по биртии, политички турбофолкери, приучени по сплавовите во Белград на Сава и Дунав ликови полни со комплекси оти биле последни во маало ... Последните такви горостаси Македонци, ако е веродостојна приказната што ни ја раскажуваат по историја, биле солунските атентатори, гемиџиите, кои мајче расплакале во Солун ... Иако не сум до крај убеден за чии интереси тоа го направиле, како што не сум убеден дали и Питу Гули не бил наместен на Мечкин камен пред илјадниците турски аскер ... Да ми простите ама не што не е нормално, туку е и нехумано тој со својата чета да загине горе над Крушево пеејќи ја месната – Krushuva nostra …, а неговиот шеф Никола Карев на коњ истата ноќ со одбрана чета

путуј европо! НИСУ КРИВИ ПРИМИТИВЦИ ШТО СУ ПОКУПИЛИ МАСТ … ЈЕР КОРОВ НИКНЕ, ГДЕ ГОД СТИГНЕ… ЊИМА СВАКА ЧАСТ. И СВИ ТИ СИЛНИ ИНФАНТИЛНИ… ШТО СУ НАМ ЗАГУСТИЛИ… ПА НЕМОЈ СТАРИ МОЈ …!!! КРИВИ СМО МИ… ШТО СМО ИХ ПУСТИЛИ. ЈЕР, шТА СУ ЗНАЛИ ГЕНЕРАЛИ … И БРКАТИ МАЈОРИ … ЈЕДИНО ДА ВИЧУ… ПАЛИ !!!!!!! АЛИ … НИСУ НАЈГОРИ … КРИВИ СМО МИ. И СВИ ТИ СИЛНИ ИНФАНТИЛНИ … ШТО СУ ПУШКЕ САЊАЛИ … НЕ, НЕ ДЕРАНЕ … КРИВИ СМО МИ … ШТО СМО СЕ СКЛАЊАЛИ. НИСУ КРИВЦИ ДЕПРЕСИВЦИ … ЛУДЕ И ПСИХОПАТЕ … ШТО СУ РУШИЛИ, ПА САДА НАМА НУДЕ ЛОПАТЕ … И НИСУ КРИВИ СЕДАТИВИ ШТО ИХ НИСУ СПУТАЛИ … SORRY МАТОРИ … КРИВИ СМО МИ … КОИ СМО ЧУТАЛИ. И ЗАТО ….!!!! ПУТУЈ ЕВРОПО … НЕМОЈ ВИШЕ ЧЕКАТИ НА НАС … И НЕ ТУГУЈ МНОГО … ЈЕ КАКО СТВАРИ СТОЈЕ … ДОСПЕЧЕШ И ТИ … ЈАКО БРЗО … НА РЏАВ ГЛАС. ПУТУЈ ПЛАНЕТО … СУПЕР СМО СЕ ДРУЖИЛИ … НАМА ЈЕ ЛЕПО … ТАМАН КАКО СМО ЗАСЛУЖИЛИ. ПУТУЈ ЕВРОПО … И ПОШАЉИ НАМ МАЛО…ЕХ КАД БИ ПОЧЕО ДА РЕД ШТА СВЕ … !!! АЛ ЗА ПОЧЕТАК МАЛО ПЕЦИВА (чоколаде имамо … н.з) ЈЕР НАМА ЈЕ ЛЕПО … СРЕЧА ЈЕДНА НЕИЗРЕЦИВА. ПУТУЈ ПЛАНЕТО … ОВДЕ СЕ МРАК ПРЕЗИВА … НАМА ЈЕ ЛЕПО … СРЕЧА ЈЕДНА НЕОПИСИВА.

Џорџе Балашевиќ (авторот писател, поет и кантавтор. Поранешна долгогодишна југословенска поп звезда, а денес влијателен српски, балкански и светски писател. Исто така еден од педесетте амбасадори на добра волја на UNICEF. Инаку песната беше рецитирана илјадници пати во текот на девдесеттите години на разни манифестации во Србија …) (Авторот на денешната колумна во Капитал, и се извинува на македонска читачка публика што во денешниот број оваа песна не е преведена на македонски јазик. Авторот на колумната најавува дека песната ке биде објавена на македонски јазик во буквален превод (не препев) идната недела … Песната не е преведена на македонски јазик во овој број поради природата и силината на пораките кои овие стихови ги праќаат, за кои авторот смета дека се многу важни за “македонскиот момент”, а со кои на мисла сме, и се надеваме дека и надлежните институции кои се задолжени да го надгледуваат употребувањето на македонскиот јазик, додека ги читаат овие редови ќе бидат согласни, вознемирени и “видно возбудени”!!!)

да ја дувне за Софија ... Па по некој месец вракајки се назад кај кочанското село Облешево (денешна општина Чешиново Облешево, или Облешево Чешиново, така е во законот шашаво ставено... шашаво ама функционира, го убиваат некои други Македонци третирајќи го како шпијун ... Шашаво место за шашав атентат ...шашаво ама функционира ...така е одсекогаш. Денеска Никола Карев “неприродно голем” стои пред македонскиот парламент. Спроти него во паркот гордо и достоинствено на коњ, и подготвен на акција стои Питу Гули. И во актуелната химна македонска го има Питу ... Карев го нема ... Зошто? Навистина зошто? Зошто заборавивте да ја смените химната … Тоа е затоа што ова е земја на евтини шпијуни. Странските служби такви сакаат. Оттука, и јас сум убеден дека ова е масло на странски служби. Но прашувам. Па што ...? Јас секако немам информации за тоа ... Но, еве уште денес некој во Вашингтон, Лондон, Париз, Берлин, Москва.... Белград ... Софија ... Атина може да излезе и на претставниците на Владата (кои во хор деновиве освен што немоќно и поразително си ги изнајдуваат своите заеднички “семејни корени”, урлаат дека е ова масло на странски служби...., ке им рече ... Да господа, им се обраќаме на Владата на РМ и им соопштуваме дека сме ние тие. И сега што ... Па и Меркел дозна дека Вашингтон ја слушал во кабинетот. Цел свет објави за тоа. Меркел чинам и изјави даваше. Па што? Еве ги во Украина заедно … И? Ке почнете војна против нив ... Ма дај ...!? Имате ли воопшто концепт вие …? Така ли ке ја спасувате Македонија во втората деценија на дваесет и првиот век. Таква ли капа и кроите на начата татковина ... Македонија со исти политичари, како што случнавме од бомбите, навикнати да владејат во еднопартиски систем, исти интелектуалци за во еднопартиски систем, речиси исти колумнисти за еднопартиски систем кои се задоволуваат за 30 евра платена колумна да исерат 10 килограми измет што како биогориво чини 100 евра по калорија ... исти глумци, исти поети и поетски здруженија сочинети од ликови “креативни пијаници кои се прават освен што не пишуваат песни ...”. И на крајот исти новинари ... Леви и десни... сдсмовски и вмровски .... Бедотија ...Во секое огледало во кое партискилидер се огледува, во огледалото се покажува еден од седум, осум девет до десет таканаречени уредници тешкаши....бре, бре... Зошто тешкаши? Затоа после со секоја власт, со сите власте тие се во нивните панталони во пределот на тестисите увалени како буви или крлежи ... И редовно ги товарат бродовите ... Па слушајте ги снимките за дел од нив.... За другиот дел ке ги слушаме кога ке се


www.kapital.mk

Капитал број 801 06.03.2015

9 смени власта ... Стрпете се и бидете сигурни во тоа. Има и за нив.

Значи што имаме ... Кој бил мојот став за бомбите?

Ова е семејно насилство. Не го креиравме ние... и никому ништо не должиме ... Ни јас. Ниту Капитал. Тоа веке го кажав во една изјава на една телевизија и во колумна во овој магазин... Но секако дека имам став ... Освен што важно, но не и најважно, сетоа ова треба да се реши институционално. Но, за мене многу поважна е и содржината на телефонските разговори да ми простите ... Со неја ке се соочува уште долги и многу години во иднината. Ова е голема работа што и се случува на Македонија ... Сега ке се види кој е кој, и кој колку заслужил што толку многу зграбал и моќ и пари. Ке се смени власта и пак ке има снимки за спротивниот табор... И тоа е добро. Снимките никој не ги демантира... Против Зоран Заев и СДСМ нема кривични пријави ... Против Заев нема обвинение, само пасошот му го зеле ... се слуша дека обвинителите биле збунети и нервозни од притисоци ... Тоа е заради содржината што е објавена, и заради таа што допрва ке биде објавена. Оттука, иако е важна институционалната разврска многу поважна е содржината. Во една од последните бомби, од устата на еден владин протагонист, задолжен за “кеш флоуто” на земјата се слушнаа течки квалификации за економските политики што се водат овде. Дури, за мене лично, практично е исцртана мапата на пропаѓање на дневниот весник Капитал, тој беше затворен во јуни 2012 година, во контекст во кој мораше да се затвори ... а токму тоа го пишуваше, што го кажа ликот, а ние го слушнавме пред некој ден во бомбата. Да да ... токму тоа што го кажа ликот во слушалката, тоа ние го пишувавме цело време. Авторот на овие редови во една прилика во летото 2012 му порача на задолжениот за “кешфлоуто” дека “животот е долг, многу долг... ние сме сепак уште млади и не чека многу работа ... имаме и други претприемнички сонови, приказни за раскажување ... особено ние што не сме на државни јасли, и што своите кариери не ги правиме лесно цицајки од потта на даноќните обврзници ... и што цел живот работиме на калдрма ... Но, што ќе прават тие после сево ова...? Имаш ли ти сон? Кој е твојот сон? Ако сонот ти бил моќ, цврста рака и бескрајна ароганција како средство на општење со слободоумните и креативни граѓани тогаш си се зезнал младичу ... После ова што го слушаме повеке, ниту си кредибилен ниту си релевантен. Умре Тито во 1980 година и чекаа уште десет години, плашејки се да не се разбуди, па кога до крај беа уверени после дест години дека маршалот е цркнат и повеке

Ке го цитирам по втор пат месецов, Александар Тијаниќ, долгогодишниот директор на Радио телевизија Србија, во својата брилијатна книга „Ја. И нико мој. "Лордовите на мафијата, носителите на државните функции, и сопствениците на капиталот од приватизацијата, оној невидлив Управен Одбор на Србија – половината олоши кои тргнаа со амбиции да бидат Џон Кенеди, а завршија во костумот на Дон Корлеоне, а другата половина од нив кои почнаа како Дон Корлеоне, а со амбиции да бидат Џон Кенеди, таа ревија на „зли духови„ ја усмери Србија кон пропаст во овие повеќе од две децинии по распадот на СФРЈ. Она што не го направи српската мудрост, ке го направи – како и обично – српската немоќ!?"

не мрда, удрија иститите тие по се што тој правеше... Денеска се Бароните на македонската транзиција ... истите тие кодоши и комунисти. Но, младичу јас сум совесен и одговорен граѓанин ... Ако не иде не иде ... Или ке останеме да бидеме живи херои на ова време (оти на Македонија не и требаат повеќе мртви херои, како што често знае да ми каже во саботните или неделните претпладниња, еден мој голем пријател, и голем учител во животот) Македонија мора да се соочи со себе младичу. И со бароните на својата дваесет и пет годишна транзиција. За да ја биде. И ке се соочи секако (оти едноставно редот е наш, ни доаѓа нам ... ни криви ни должни). Ке се соочиме со својата катарза. Со жестината на европските антикриминални процеси кои бараат од Македонија пред да влезе во семејството на нормални држави и граѓани, да си ја помине својата психотерапевтска процедура, што секогаш следи по трауматичниот на манифестација на лудак од прв степен. Ова општество, секако, биди сигурен во тоа младичу, ке се пресмета, на овој или оној начин, сега или малку подоцна, со своите битанги од сите четири партиски бои ... таман сите влегле во една влада. Џабе ке им биде ... Купишта пари украдоа корумпираните македонски политички и партиски јатаци и елити од фондовите на USAID, под чие лого јасно и силно е напичано From the American people… (да не мислите дека е случајно ставено вака) ... Е од тој американски народ, што преку директна финансиска помош, што преку техничка помош оваа земја доби мегу 6 и 9 милијарди долари ... И уште троши ... сега додека го пишувам овој текст ... На тој американски народ, не влада, ке мора да му се вратат тие пари младичу ... Купишта кредити земаа од европските и светските банки, и ги украдоа преку нашите банки. Се задолжија. Се си заложија во хипотеки и кешот си го испунпаа. Оттука, троскотот од сите четири партии... две македонски и две албански, кои со пиштол во глава ја држат оваа земја и нејзините граѓани во заложништво, ке биде радикално искубан ... Троскот си е троскот ... Е, младичу, дури тогаш, ако има тогаш... ние ке правиме држава ... Јасен ли ти е сега мојот став ... Ако ти е јасен пренеси понатаму ... Ти тоа добро го правиш...со векови.. !!! Затоа што толку добро го правиш тоа... до денес сеуште немаш држава... Поброен ти е народот надвор отколку дома ... Ексик на парите ...!!! Пеза.


www.kapital.mk

Капитал број 801 06.03.2015

10 НАВИГАТОР

ИЗЈАВА НА неделата

Алкалоид во 2014 со раст на пр

> БРОЈКА

6.104

слободни работни места имало во последниот квартал од 2014 година во цела Македонија

Јанис Варуфакис министер за финансии на Грција

победник на неделата

Ќе ги уништиме основите врз кои богатите политички елити во изминативе неколку децении градеа систем кој ја краде енергијата и економската моќ од сите други во опшеството”

Ф

армацевтската компанија Алкалоид во 2014 година оствари вкупни консолидирани приходи од 7,7 милијарди денари или околу 125,2 милиони евра, што е раст за 6% во споредба со претходната година, покажуваат податоците од неревидираниот финансиски извештај на компанијата објавен на Македонската берза. Неревидираниот финансиски извештај покажува дека Алкалоид ланската година ја завршил со консолидирана нето добивка

Продажбата на стан цените нема да паѓаа

Шер Ванг

+

Тајванскиот производител на смартфони и таблети, HTC, сe уште не може да му конкурира кога е во прашање продажбата на светскиот лидер Samsung, но, во однос на квалитетот на своите „флегшип“ смартфони по втор пат се чини ќе успее да го заслужи епитетот најдобар. Лани претставениот HTC One M8 безмалку неподелено беше избран за најдобар смартфон за 2014 година од страна на медиумите чиј фокус е на технологијата. А сега, на 1 март, тајванската компанија на Светскиот конгрес за мобилна технологија во Барселона го претстави HTC One M9, кој e усовршена верзија на својот безмалку совршен претходник. Она што HTC ги прави лидери во категоријата „флегшип“ смартфони, е фактот што тие веќе одамна се таму, кон каде што конкуренцијата и денеска „каска“. Имено, една од главните предности на HTC One M8 и M9 е што нивните куќишта се изработени од едно парче метал (unibody), за разлика од пластиката на конкуренцијата. Со ова HTC One серијата го крена стандардот, што и лидерот според уделот на пазарот, Samsung, мораше да го следи. Имено, во Барселона беше претставен и новиот Galaxy S6, кој, кога веќе не можат во целосно метално куќиште, го испорачаа барем во метална рамка што го заокружува dual-glass дизајнот (ја снема пластиката и кај Samsung).

з пишува:

Дејан Азески

dejan.azeski@kapital.mk

За прв пат после пет години на саемот на градежништво во Скопје се зборува за раст на продажбата на станови. Истовремено се потенцира дека ваквиот тренд дефинитивно ќе значи

дека цените на недвижностите во скоро време нема да паѓаат. Градежниците се децидни дека ниските каматни стапки на станбените кредити го раздвижија пазарот на недвижности и направија луѓето од овој бизнис повторно да почнат да размислуваат за изградба на нови објекти. Од Градежната комора сметаат дека доколку цените на становите паднат, градежниците ќе работат во загуба. Според нив, во моментов инвеститорите се задоволни од продажбата на станови што значи дека цената ќе остане стабилна, а дека ефектите од она што се инвестира во моментов ќе се види во следните неколку години. Претседателот на Градежната комора при сојузот на стопански комори Роберт Хот вели дека градежништвото во изминативе години беше двигател на македонската економија, а сите започнати проекти покажуваат дека тој тренд ќе продолжи и во иднина.


www.kapital.mk

Капитал број 801 06.03.2015

11

профитот и приходите од 618,4 милиони денари или 10 милиони евра, што е зголемување од 3% во споредба со претходната 2013 година. Консолидираната ЕБИТДА на компанијата за 2014 година изнесува 18,5 милиони евра и е за 8% поголема од лани. Податоците покажуваат дека 57% од вкупните консолидирани продажби на Алкалоид минатата година биле на странски пазари, а 43% на домашниот пазар. Во текот на изминатата година Алкалоид остварил нови 72 вработувања.

> БРОЈКА

мисла на неделата

4,2%

Гладните и невработени луѓе се материјалот од кој се направени сите диктатури

е зголемена нето платата во декември 2014 во споредба со претходната година

лидери

нови расте, аат Оние кои треба да купат станови да не чекаат повеќе и да не се надеваат на дополнително намалување на цените, а оние кои веќе купиле можат да се сигурни во вредноста на својата инвестиција. Ниските каматни стапки на станбените кредити го раздвижија пазарот на недвижности и направија луѓето од овој бизнис повторно да почнат да размислуваат за изградба на нови објекти. „Нашите проекти се долгорочни и ќе се завршуваат во наредните 4 до 5 години, така што може да се очекува уште поголем раст на градежната активност и раздвижување на пазарот за недвижности“, смета Хот. Некои од банките на саемот изглегоа и со конкретни понуди со кои условите за купување стан се олеснуваат, се нуди фиксна каматна стапка од 5,25 % во првите десет години. Новите поволни каматни стапки на Шпаркасе банка ги презентираше лично директорот Глигор Бишев. „Ексклузивно почнуваме да нудиме нов тип на кредит. Тоа е станбен кредит со гарантирана фиксна каматна стапка на 10 години, од првиот ден на земање на кредитот“, изјави Бишев. Заедничките очекувања се дека градежништвото и во 2015-та ќе продолжи со позитивни стапки на раст. Според статистичките податоци, градежништвото во првите 9 месеци минатата година имало раст од 4,4% и отворило 4.000 работни местa. nnn

Френклин Рузвелт американски претседател

губитник на неделата

Бил Гејтс

Неговото богатство се проценува на 79,2 милјарди долари. Само лани го зголемил богаствотото за 3,2 милајрди.

Ивица Тодориќ

ја зголеми империјата со купување на државниот удел во хотелите Плат близу Дубровник

не им беше неделата

Виктор Орбан

Главната причина за загубите се компензациите што банките биле присилени да ги исплатуваат

Реџеп Таип Ердоган

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ќе плати 4.000 долари за нанесена морална навреда на турски скулптор

_

Алексеј Милер Пад на профитот од 30%, пад на приходите, се покомплицирана достава на гас до веќе воспоставените пазари и потполно нејасна и нестабилна иднина. Ова се само дел од проблемите со кои деновиве се соочува Алексеј Милер долгогодишниот директор на рускиот енергетски гигант Газпром. Неговата компанија директно е најзасегната од големата светска политичка криза која настана по руската анексија на украинскиот полуостров Крим. Точно е дека оваа компанија има капацитет и залихи да ја издржи оваа криза, но точно е и дека никој апсолутно не може да предвиди до кога ќе трае истата. По тоталниот неуспех да се решат правните пречки за изградба на Јужен Тек, Газпром влегува во уште понеизвесен проект за изградба на нов гасовод преку Турција. На самата негова најава, оштро реагираше целиот западен свет преку директни контра понуди за снабдување на Балканот со гас. Се поизвесно е дека Милер го губи и најголемиот регионален партнер на Балканот, Србија, која и не е така сигурен партнер за евентуален нов руски гасовод низ регионот. Алтернативата за изнаоѓање нови пазари на истокот пред се во Кина, се покажува како многу комплексна долга и скапа. Едноставно речено компанијата на која сите и завидуваа во последната деценија се соочува можеби со најголемиот предизвик од нејзиното постоење.


Капитал број 801 06.03.2015

12

www.kapital.mk

cover story

И покрај сите поволности, странците гО вадат пРОФИТОТ

ДУРИ 281,8 мили евра одлеани к дивиденди лан


www.kapital.mk

ТОТ од Македонија

иони како ни

Капитал број 801 06.03.2015

13

Странските инвеститори што работат во Македонија минатата година одлеале дури 281,8 милиони евра надвор од земјата во вид на исплатена дивиденда кон матичните компании. Mинатата година се исплатени дивиденди и од акумулираните добивки од претходниот период, што ја прави оваа сума највисока во последните неколку години. Се поставува прашањето зошто инвеститорите лани одлучиле да го репатрираат профитот што го создавале сите претходни години?!

С пишува:

Александар Јанев

aleksandar.janev@kapital.mk

Странските инвеститори што работат во Македонија минатата година одлеале дури 281,8 милиони евра надвор од земјата во вид на исплатена дивиденда кон матичните компании во странство, покажуваат најновите податоци на Народната банка. Според нашите сознанија, минатата година се исплатени дивиденди и од акумулираните добивки од претходниот период, што ја прави оваа сума највисока во последните неколку години.

Се поставува прашањето зошто инвеститорите лани одлучиле да го репатрираат профитот што го создавале претходните години?! Одлуките за исплатата на дивидендите дојдоа откако Владата минатото лето ги укина антикризните мерки кои овозможуваа инвеститорот да не плаќа данок на добивка ако одлучи да го задржи профитот. Со законските измени, се врати обврската на компаниите да плаќаат корпоративен данок од 10% без оглед дали инвеститорите ќе одлучат да ја задржат добивката или ќе ја распределат. Меѓутоа, со одлевањето на добивките надвор од земјата не значи дека се одбегнува и обврската да се плати данокот, туку едноставно логиката на инвеститорите е дека штом данокот на добивка мора да се плати без оглед дали профитот ќе се распредели или не, нема причина зошто да не се исплаќаат дивиденди. Статистиката на Народната банка не открива кои се странските компании што ги повлекле добивките како дивиденда, ниту, пак , во кои земји најмногу се одлевал капиталот што се создава во


www.kapital.mk

Капитал број 801 06.03.2015

14

cover story

М Димитар Богов

гувернер на Народна банка на Македонија

акедонската економија во изминатиот период генерира солиден раст со позитивни импликации врз профитабилноста на корпоративниот сектор. Во услови на раст на отвореноста на нашата економија преку зголемен прилив на странски директни инвестиции за очекување е поголем обем на финансиски текови во двете насоки помеѓу домашните субјекти и нивните директни инвеститори во форма на финансиски заеми, трговски кредити, а секако и исплати на дивиденди. Впрочем, и покрај повисокиот износ на исплатени дивиденди, нето приливот на странски директни инвестиции во 2014 година изнесуваше 278 милиони евра. Тоа значи дека приливот бил многу поголем, односно доволен да го покрие одливот на дивиденди и да креира солиден нето прилив еднаков над 3% од БДП.

земјава. Ослободувањето од плаќање данок остана да важи само за компаниите што ќе одлучат добивката да ја реинвестираат. От т ука, логично се пос тавува прашањето, зошто странските компании што работат во земјава немаат интерес да ја реинвестираат добивката тука? Економистите коментираат дека извлекувањето на добивките надвор од земјава всушност покажува дека странските инвеститори немаат економски интерес да ги шират бизнисот овде, без оглед на сите даночни олеснувања што им ги нуди државата. Гувернерот на Народната банка, Димитар Богов, објаснува дека исплатата на дивидендите е деловна одлука на секоја компанија, а според него, приливите од странство се многу поголеми од одливите, така што на крајот Македонија има нето прилив на странски инвестиции. „Македонската економија во изминатиот период генерира солиден раст со позитивни импликации врз профитабилноста на корпоративниот сектор. Во услови на раст на отвореноста на нашата економија преку зголемен прилив

на странски директни инвестиции за очекување е поголем обем на финансиски текови во двете насоки помеѓу домашните субјекти и нивните директни инвеститори во форма на финансиски заеми, трговски кредити, а секако и исплати на дивиденди. Впрочем, и покрај повисокиот износ на исплатени дивиденди, нето приливот на странски директни инвестиции во 2014 година изнесуваше 278 милиони евра. Тоа значи дека приливот бил многу поголем, односно доволен да

78,4

милиони евра инкасирала државата лани од данок на добивка, што е за 6,5 милиони евра повеќе отколку во 2013 година

го покрие одливот на дивиденди и да креира солиден нето прилив еднаков над 3% од БДП“, објаснува гувернерот Богов. Тој и во претходните години во екот на финансиската криза алармираше дека повеќе странски компании што работат во Македонија извлекуваат пари надвор од земјата со цел да ги кредитираат нивните матични корпорации во време кога се соочуваат со финансиски проблеми. Потпретседателот на Советот на странски инвеститори, Џатин Такрар, вели дека има повеќе причини за

Богов: И покрај одливите, нето приливите остануваат високи над 3% од БДП


www.kapital.mk

Капитал број 801 06.03.2015

15

С Џатин Такрар

потпретседателот на Советот на странски инвеститори

умата на исплатени дивиденди во странство веројатно го одразува растот на профитабилноста на компаниите но и созревањето на бизнисот што води кон поголемо генерирање пари. Времето на исплатата на дивидендите е одредено од повеќе фактори меѓу кои е и данокот на добивка. Сметам дека како што ќе се зголемуваат приливите на странски инвестиции во Македонија во следните години, веројатно ќе растат и исплатите на дивиденди, но тоа ќе биде позитивен сигнал за македонската економија.

исплатата на дивидендите токму лани, а една од нив е и данокот на добивка. „Сумата на исплатени дивиденди во странство веројатно го одразува растот на профитабилноста на компаниите но и созревањето на бизнисот што води кон поголемо генерирање пари. Времето на исплатата на дивидендите е одредено од повеќе фактори меѓу кои е и данокот на добивка. Сметам дека како што ќе се зголемуваат приливите на странски инвестиции во Македонија во следните години, веројатно ќе растат и исплатите на дивиденди, но тоа ќе биде позитивен сигнал за македонската економија“, вели потпретседателот на Советот на странски инвеститори, Џатин Такрар. Професорот Марјан Петрески објаснува дека репатрирањето на профитот кон компаниите мајки, првенствено е резултат на самиот мотив да се има поврат на инвестицијата, вклучително и со тој поврат да се располага за други потфати, во други земји. „Може да постојат и други мотиви за репатрирањето на добивката, од кои како позначајни би ги издвоил промените во делот на оданочувањето

С Павле Гацов даночен советник

на добивката. Другите фактори, вклучително и оние од политичка природа, мислам дека може да дејствуваат само ако се од подолгорочен карактер“, вели универзитетскиот професор, Марјан Петрески. Непријатен шок и за домашните фирми Ненадејната промена во законската регулатива која ја врати обврската да се плаќа данок на добивка за нераспределениот износ од позитивниот финансиски резултат, наместо во случај само на исплата на дивиденда како што беше воведено во 2009 година ги затекна компаниите во време на голема неликвидност. Тоа според даночните консултанти, може дополнително да им го отежни работењето. Бизнисмените реагираа на владината одлука преку ноќ да ја смени даночната регулатива, која што директно го засега паричниот тек во фирмите, особено во услови кога речиси и да нема компанија што нема проблеми со ликвидноста – што заради проблемите со наплатата, што заради намалените нарачки кај извозниците.

тариот даночен режим на оданочување на добивката само ако се изврши исплата на дивиденда, ја дестимулираше исплатата и стимулираше нејзино задржување и инвестирање во бизнисот. Новиот режим, спротивно на тоа стимулира исплата на дивиденди. Сепак, оданочувањето не се однесува на компаниите во слободните зони бидејќи тие не плаќаат данок на добивка.

Претседателот на Здружението на даночни советници, Павле Гацов вели дека бизнисот не може да се соземе од целиот процес на влошување на бизнис климата, но и од постојаното менување на прописите кое влијае на правната несигурност. „Условите за работење на македонските даночни обврзници од минатата година наваму се влошени, даночниот товар е многукратно зголемен по сите основи, а овој процес на влошување на позициите продолжи засилено и годинава. Се има чувство дека најголемиот дел од новите полоши законски решенија се донесуваат во бранови, но истите влегуваат во сила наеднаш. Брзото менување на прописите се рефлектира и со појава на влошување на професионалноста и транспарентноста на страната на државните органи кои се грижат за нивна примена“, вели Гацов. Според него, новиот даночен режим без двоумење ги стимулира бизнисмените да вршат исплата на дивиденди. „Стариот даночен режим на оданочување на добивката само ако се

даноци: Враќањето на данокот на добивка стимулира исплата на дивиденди


www.kapital.mk

Капитал број 801 06.03.2015

16

cover story

изврши исплата на дивиденда, ја дестимулираше исплатата и стимулираше нејзино задржување и инвестирање во бизнисот. Новиот режим, спротивно на тоа стимулира исплата на дивиденди. Сепак, оданочувањето не се однесува на компаниите во слободните зони бидејќи тие не плаќаат данок на добивка“, вели Гацов. Бизнисмените коментираат дека главниот проблем не е во данокот на добивка, туку во тоа што фирмите немаат готовина, исцрпени се нивните парични фондови, а пристапот до свежи пари не е лесен. Претседателот на Регионалната стопанска комора на Град Скопје, Горан Рафајловски вели дека иако ослободувањето од плаќање данок доколку добивката се реинвестира и понатаму си стои, прашањето е дали навистина компаниите ќе инвестираат или ќе ја држат добивката на некое конто, кое што за жал, всушност не постои. „Да постоеја парите немаше да има проблем. Тие постојат на некое сметководствено конто, но во реалноста ги нема во компаниите, затоа што ретко која компанија ја има добивката што ја има пријавено. Парите се потрошени за разни потреби на фирмите“, коментира Рафајловски. Според податоците од Министерството за финансии, државата минатата година инкасирала вкупно 78,4 милиони евра од данок на добивка, што е за 6,5 милиони евра повеќе од 2013 година. За годинава пак, од овој данок испланирано е да се наплатат 83,4 милиони евра. Данокот на добивка е најмал полнач на буџетот од четирите главни типови на даноци и давачки што постојат во Македонија – пред него се данокот на додадена вредност, акцизите и персоналниот данок на доход. Бизнис климата причина за

одливите на капиталот?! Податоците за рекорден одлив на капитал од Македонија во вид на дивиденди го актуализираат прашањето колку Македонија е навистина рај за инвеститорите?! Економистите коментираат дека дел од причините за одливот на капитал од странските фирми што работат овде може да се лоцира и во условите за водење бизнис. „Ако ги анализираме извештаите на меѓународните институции како на пример Doing business на Светската банка, тогаш ќе видиме дека Македонија ја рангираат многу високо како топ реформатор. Ќе добиете претстава дека бизнис климата во земјава е импозантна. Меѓутоа и покрај тоа, салдото на странските инвестиции е слабо. Веројатно има други, ако може да се наречат скриени пречки што им пречат на странците. Тоа може да бидат различни дозволи за работа што се бараат, мито и корупција во институциите, лошата инфраструктура што им е особена важна на инвеститорите, а ние тука многу заостануваме. Не е доволно само да се донесат законските реформи, ако во реалноста тие не значат олеснување на условите за водење бизнис. Штом странските компании ја извлекуваат добивката од земјава и парите ги селат во странство, всушност покажуваат дека немаат економски интерес да го шират бизнисот овде“, коментираат економистите. Македонија добива различни оценки за бизнис климата од одделни меѓународни институции, меѓутоа, забелешките се речиси исти. Пристапот до финансии, несоодветно образованата работна сила, корупцијата во инстит уциите, неефикасната јавна администрација и лошата инфраструктура се клучните


www.kapital.mk

Капитал број 801 06.03.2015

17 Каде се одлеваат парите?

П

отрагата по изнесените пари од земјава ќе ве однесе од европските земји како Франција, Унгарија, Швајцарија, Холандија, па се до до Карибите, на островот Сент Винсент и Гренадини. Иако Народната банка нема прецизна статистика колку пари се одлеале од Македонија во овие земји како дивиденди, трговски или финансиски заеми, сепак податоците кои што ги евидентираат приливите и одливите на странските директни инвеститори покажуваат дека само лани, 110 милиони евра се одлеани во Франција и уште 80 милиони евра во Унгарија. Во 2013 година, најголема сума пари, според оваа статистика, е изнесена во Унгарија, но на листата со одливи по десетина милиони евра се појавуваат и Девствените острови, Сент Винсент и Гренадини и Швајцарија. Иако не се појавува во финалната статистика, како што во јавноста неодамна информираа од Народната банка, Грција во последните неколку години исто така повлече стотици милиони евра од грчките компании што работат овде, меѓутоа приливите од оваа земја биле повисоки, така што на нето основа статистичките податоци не покажуваат одливи.

проблеми за водење бизнис што ги истакнале македонските бизнисмени во анкетата на Светскиот економски форум. Тимот од Давос ги распрашувал македонските менаџери за да создаде вистинска претстава за условите за инвестирање во Македонија и соодветно да ја рангира земјата во Извештајот за

конкурентност на економиите. Како што е веќе познато, нашата економија лани беше рангирана на 63 место според конкурентноста со просечна оценка 4,26. Извештајот Doing business на Светската банка пак, ја рангира земјата како топ реформатор и во споредба со 2005 година,

10%

данок на добивка мора да платат компаниите без оглед дали профитот ќе го задржат или ќе го распределат како дивиденда

Македонија е една од петте земји што направиле најмногу реформи во насока на подобрување на бизнис климата. Најдобри оценки од Светската банка Македонија доби за процедурите за основање фирма, заштита на инвеститорите, добивање градежни дозволи и решавањето на стечајните постапки. nnn

економски зони: Инвеститорите во зоните не плаќаат данок на добивка


www.kapital.mk

Капитал број 801 06.03.2015

18

интервју

Хуан Педро Хименез Наваро директор на АрцелорМиттал-Скопје

Со инвестирање во нови производи ги надминавме предизвиците

Г пишува

Игор Петровски

igor.petrovski@kapital.mk

XX Г-не Наваро, годинава АрцелорМиттал бележи 10 години присуство во Македонија. Колку сте задоволен од досега постигнатото во земјава? Да бидам искрен, изминативе 10 години не беа воопшто лесни за металуршката индустрија на глобално ниво, па следствено ниту за фабриката на АрцелорМиттал во

Скопје. Загубивме доста пари во овој период, но зад оваа фабрика стои светски гигант од индустријата за челик, со чија помош успеавме да ги совладаме предизвиците. Нашите најголеми конкуренти што имаат производни капацитети во регионов, еден по еден го стопираа производството, некои веќе и заминаа, покажува колку навистина изминатиов период беше тежок за оваа индустрија, а ние сè уште произведуваме, остваруваме и мал профит и очекуваме многу подобри резултати во блиска иднина. XX Кои беа клучните приоритети на кои што се фокусиравте изминативе години со цел да ја надминете полесно кризата во металуршката индустрија? Главно, АрцелорМиттал се фокусираше на создавање производи со повисока додадена вредност, како и на зголемување на ефикасноста и продуктивноста на производните процеси во рамки на глобалниот систем. За таа цел компанијата мораше да затвори некои свои фабрики во западна Европа, во некои да го намали бројот на вработените, да инвестира во нови технологии и сл., сè заради остварување на оптимално ниво на задоволување

ArcelorMittal

2006 80 239 2005

година формиран со спојувањето на Mittal Steel и Arcelor

милијарди долариприход во 2013г.

илјади вработени

година компанијата влезе со инвестиција на македонскиот пазар

Соработка со локални компании: Работиме со 400 домашни фир


www.kapital.mk

Капитал број 801 06.03.2015

19 Скопската подружница на АрцелорМиттал, најголемиот светски производител на челик, според зборовите на нејзиниот директор Хуан Педро Наваро, пополека излегува од турбулентниот период во кој што се наоѓаше светската металургија изминативе години. Зголемена е продуктивноста и ефикасноста, а фабриката излезе и со понуда на нови производи. на побарувачката за челични производи. Во фабриката во Скопје исто така работевме во согласност со оваа глобална стратегија на АрцелорМиттал, го проширивме асортиманот на нови производи, како што е, на пример, лимот “дип мат (deep mat)“, производ кој што македонската јавност малку го познава, особено градежната индустрија каде што тој може да најде голема примена. XX Какви производи излегуваат од погоните на АецелорМиттал во Скопје? На кои пазари се пласираат тие? Пошироката публика не знае за нашите производи затоа што тие не се всушност финални производи во вистинска смисла, туку се инпут во производството на други производи, како автомобили и сл. Ние во основа произведуваме челичен лим, добиен во процес на т.н. ладно валање, кој што подоцна се користи во изработката на апарати за домаќинство, мебел, радијатори, буриња, цевки, итн. Вториот производ е поцинкуван лим, кои што има широка примена во градежништво, производство на бела техника, сообраќајни знаци, електрични кутии, итн. И на крајот, го нудиме пластифицираниот лим, специјално развиен за задоволување на барањата за цврстина, флексибилност, издржливост и исплатливост во секторот градежништво. Тој е стандардно решение за фасади, кровови, архитектонски објекти, а исто така и “сендвич” панели, пропратни елементи (олуци, опшивки...) итн. Најголем дел од извозот оди во централна и југоисточна Европа – Грција, Романија, Полска, Србија, Хрватска, Бугарија..

XX До каде е реализацијата на планот за инвестирање во безбедноста, заштитата на животната средина и унапредувањето на односите со клиентите? Наш прв приоритет во фабриката во Скопје, како и во сите земји каде што АрцелорМиттал е присутен, е безбедноста на работното место. Инвестиравме многу пари и време за да ја доведеме фабриката во Скопје до ниво на безбедност како и било која друга фабрика на нашата компанија во светот. Последниве три години особено напорно работевме на ова поле, и среќен сум што дојдовме до крајот на таа наша мисија. Заштитата на животната средина е исто така еден од нашите приоритети, и за таа цел преземаме различни мерки. Нашата фабрика не ја загадува животната средина, бидејќи производниот процес во овдешната фабрика е чист, користиме гас како енергенс и не испуштаме штетни честички во воздухот, водата и почвата. Фабриката има добиено IPPC интегрирана еколошка дозвола, што покажува дека нашето влијание врз животната средина е потполно во согласност со регулативите на Македонија и ЕУ од оваа област. XX Од каде се носи суровината за вашите производи? Во колкава мера пак, соработувате со локалните компании? За оваа фабрика суровините ги набавуваме на меѓународниот пазар, односно во рамки на системот на АрцелорМиттал, меѓутоа не мора секогаш да е така. Во зависност од условите, цената, времето на испорака, ние може да набавиме материјали и од некој друг снабдувач, а околу 50% од нашите материјали доаѓаат од нашата фабрика во

Менаџер со пилотска дозвола Хуан Педро Наваро е роден во Шпанија, таму студирал, дипломиран електроинеженер е. По дипломирањето почнал да работи во АрцелорМиттал во Шпанија, бил вклучен во проектот за изградба на линијата за поцинкување на лимот во тамошната фабрика. Следат повеќе негови ангажмани во системот на компанијата на различни локации – Бразил, Франција, итн., за пред четири години да дојде на како главен извршен директор на нивната фабрика во Скопје. Вели дека е љубител на голфот, а од пред четири години има дозовла за пилотирање со мал авион. “Имам свое авионче што е “паркирано“ на Стенковец и секој викенд кога временските прилики дозволуваат летам со него над Македонија. Мојата страст за авиони е уште од најрана возраст, тоа и не е нешто необично, јас мислам нема дете, особено машко, што не е фасцинирано од леталата. Летањето од една страна опушта, ви дава чувство на слобода, прелетувате прекрасни пејсажи, уживате, но се полните и со адреналин, ризично е, зависите од фактори врз кои немате реално влијание, а не само од вашата вештина на пилотирање. Слично како и во голфот, втората моја страст, која што од страна гледано изгледа дека е најрелаксирачкиот спорт на светот, но кога ќе се навлечете на него, верувајте, има стрес колку ви душа сака, хаха.“, вели Наваро.

рми и трошиме 10 мил. евра годишно во македонската економија


www.kapital.mk

Капитал број 801 06.03.2015

20

интервју

Нашиот “deep mat” е врвен производ за градежништвото XX Објаснете ни малку повеќе за новиот производ Deep Mat. Која е неговата предност во однос на конкурентските производи? Како потенцијалните купувачи го прифаќаат овој новитет, дали постои голем интерес во Македонија? оа е всушност лимот покриен со цинк и потоа пластифициран, кој што особено има голема примена во градежништвото, поточно како решение што ги заменува класичните керамиди направени од керамика. Тој е 10 пати полесен од нив, и дава супериорни резултати во однос на водонепропустност, механичка цврстина, издржливост, карактеристики при пожар, кондензација како и акустична и термална удобност. Околу 90% од нашето производство оди за извоз, а конкретно, линијата за производство на пластифицираниот лим последниве две години беше ангажирана со полн капацитет и производството беше однапред распродадено. Македонските градежници и останатите потенцијални купувачи на овој производ сè уште не се доволно запознати со квалитетот и предностите на “дип мат“ и токму затоа стартуваме маркетинг кампања за негова промоција.

Т

Романија. За овие 10 години како сме присутни во Македонија, развивме своевидно партнерство со домашната бизнис заедница. Соработуваме со околу 400 локални компании, и трошиме преку 10 милиони евра во домашната економија на годишно ниво. За да соработуваат со нас, локалните компании на било кој пазар каде што е присутна АрцелорМиттал, мора да исполнуваат одредени стандарди во поглед на безбедноста на работните процеси, па на тој начин, не само што стануваат наши партнери, туку и самите го подигнуваат нивото на своите процеси до граници што не биле претходно карактеристични за нив. Значи, придобивката од работењето со АрцелорМиттал за македонските компании е многу поголема одошто самата сума на пари што ја заработуваат продавајќи ни некаков производ или услуга нам. XX Каде може да се подобри таа соработка, односно што е она што фали на македонскиот пазар, а АрцелорМиттал има потреба од такви производи или услуги? Во делот пак на производи или услуги кои што нам ни се потребни, а ги нема доволно или воопшто на македонскиот пазар, ние им укажуваме на домашните компании дека во тој правец може да инвестираат, со цел тие да станат наши снабдувачи, наместо да ги обезбедуваме тие производи од надворешни пазар, со што и нам ни се зголемуваат трошоците. На пример, за “дип

мат“ производот, ние носиме картонска амбалажа од Германија или Полска, па ете можност за македонските бизнисмени да инвестираат во нешто за кое што би имале сигурен купувач. XX Како претседател на Советот на странски инвеститори како ја коментирате моменталната бизнис клима во Македонија? Функцијата претседател на Советот ми помага подобро да ги разберам предизвиците со кои што се соочуваат странските инвеститори во земјава. Првенствено, се трудиме да ја подобриме соработката со Владата, гледајќи ја како партнер, со цел да направиме придобивка за сите. Поентата на нашата комуникација со владините институции е да дадеме мислење, забелешки, коментари за одредени законски решенија, како тие би влијаеле врз нашето работење, да укажеме на нивната евентуална слабост пред тие да бидат донесени и сл. За да го направиме тоа што потранспарентно решивме да ја направиме “Белата книга“, каде што се истакнати сите проблеми, односно области каде што може да се подобрат условите, но и добри работи што се направени во поглед на подобрување на бизнис климата. Еден од поголемите предизвици со кои се соочуваме ние како компанија, но и многу други, не само странски, туку и домашни инвеститори, е цената на гасот и струјата, кои што во нашиот случај се

дури 30% од производните трошоци. Секое поскапување на овие ресурси многу силно влијае врз нашето работење. За волја на вистината, последниве години со делумната либерализација на пазарот за електрична енергија добивме поевтинување на овој енергенс, што се почувствува во нашите финансиски резултати, но може уште доста да се направи во насока на понатамошно зголемување на конкуренцијата на пазарот за струја, како и во поглед на снабдувањето со гас. XX Колку тешко или лесно наоѓате кадар потребен за вашите производни процеси? Изминативе неколку години особено сме фокусирани на соработка со образовните институции, во насока на создавање инженери и останат кадар што е потребен за нашите работни процеси. Соработуваме со сите универзитети во земјава каде што постојат наставни програми соодветни за природата на работата на нашата индустрија. Во моментов 10-тина студенти имаат пракса кај нас, да се запознаат со нашите процеси, а ние во принцип, секогаш кога се случуваат вакви пракси кај нас, правиме и селекција на оние млади луѓе за кои што сметаме дека најмногу одговараат на нашите критериуми, и ги вработуваме. Во последниве две години вработивме дваесетина дипломирани студенти од струките што нам ни се потребни. nnn

Безбедност: Инвестиравме во безбедноста на работната средина


Повеќе од 200 директори и сопственици на компании од повеќе од шест држави на едно место

Crowne Plaza, 26.03.2015 (четврток)

l Заживување на градежништвото како услов за стопански раст l Како да бидете дел од врвот на Југоисточна Европа и да опстанете – концерн Агрокор l Енергетска сигурност на регионов l Каде се кријат добрите кадри l Како да се зболеми трговската размена со Турција и подобро да се искористат билатералните договори l Неискористени потенцијали на агробизнисот На 26-ти март во хотелот Crown Plaza во Белград ќе се одржи 4-тата регионална конференција на Бизнис плус насловена како „Стопаствениците од повеќе од 6 држави на едно место“.

На конференцијата ќе бидат присутни над 200 учесници и по Загреб, Будва и Сараево, повторно на едно место ќе се здружат деловните информации, компаниите и медиумите од повеќе од 6 земји.

МЕЃУ УЧЕСНИЦИТЕ НА КОНФЕРЕНЦИЈАТА ВО БЕЛГРАД ЌЕ БИДАТ:

Анте Тодориќ

Ензо Смрекар

Минчо Јорданов

Јанез Шкрабец

Душко Јовановиќ

Радмила Спасиќ

Светислав Костиќ

Душан Олај

Матиц Вошњак директор на Competa

д-р Зоран Миливојевиќ

Зијад Беќировиќ

Горан Живков

извршен потпретседател за малопродажба на Агрокор и надзорниот одбор на Меркатор

директор на Delta Reat Estate

генерален директор на стратешко-деловното подрачје на Атлантик груп и член на управата во Дрога Колинска

директор на Секторот за даночно советување во Delloitte

претседател на одборот на директори на Бетон и сопственик на Макстил, винаријата Стоби и Ре-Медика

директор на Duola

директор на Рика

генерален директор на Сава осигурување

психотерапевт

МОДЕРАТОРИ НА КОНФЕРЕНЦИЈАТА СЕ:

Петар Франкл

Finance главен уредник и директор

Мијат Лакичевиќ

Novi Magazin заменикглавен и одговорен уредник

Дарко Буковиќ

Privredni Vjesnik главен уредник и директор

Ifimes директор

ПРИЈАВА И ИНФОРМАЦИИ ЗА КОНФЕРЕНЦИЈАТА / ЛИЦЕ ЗА КОНТАКТ: ГОРДАНА МИХАЈЛОВСКА

e-mail: marketing@kapital.com.mk големи партнери:

gordana.mihajlovska@kapital.mk

тел: +389 70 346 376

Seedev директор


www.kapital.mk

Капитал број 801 06.03.2015

22

анализа

Е

Маријана Перковска текстилен кластер

динствениот наменски кредит за оваа намена кој го нуди МБПР е просто речено несоодветен. Рокот за враќање од седум години е скоро недостижен. Побаравме рок за поврат на од 14 или 15 години, но не наидовме на разбирање.

В Митко Кочовски

претседател на Здружение за металургија

о 90-те години неприродно се изврши делење на дотогаш интегралните индустриски капацитети. Така добивме расцепкани и финансиски слаби единки кои 15 или 20 години ништо не вложуваа. Тоа значи дека го изгубија чекорот и прескокнаа неколку инвестициони циклуси кои сега е тешко и многу поскапо да се надоместат.

35,1 година е просечната старост на машините во Србија

Македонската индустрија работи со машини стари над две децении

Фабрики музеи Иако податоците покажуваат дека просечната старост на машините во македонската индустрија надминува три децении, што сериозно се одразува врз конкурентноста на целото стопанство, во Македонија како никој да не се вознемирува околу оваа тема. Иако постојано се зборува за реиндустријализација, во Македонија никој досега не направил истражување за тоа со какви машини работат македонските компании. Ако се посетат погоните на некои од најголемите индустриски капацитети во земјата тие повеќе наликуваат на музеи, отколку на фабрики

индустрија: Македонските индустриски фабрики пове


www.kapital.mk

Капитал број 801 06.03.2015

23

С Митко Ѓоргиев

Металпромет Радовиш

екоја одговорна компанија мора да чека со години за да стане финансиски посилна за да може да инвестира. Ако има подобри начини на финансирање секако ќе можеме и ние порано да инвестираме и долгорочно да добиеме на квалитет, брзина и заштеда на трошоци.

В

С Сашо Ристeвски

кластер на преработувачка индустрија

остојбата и кондицијата во која се наоѓа опремата за производство влијае врз крајниот производ, врз неговиот квалитет и чинење, брзината со која може да се изработи и секако количината со која може да се конкурира. Застареноста на машините во нашата индустрија е проблем кој заслужува многу поголемо внимание.

15

години изнесува просечната застареност на технологијата во индустриските капацитети во ЕУ

пишува:

Дејан Азески

dejan.azeski@kapital.mk

Во Македонија не постои ниту едно релевантно истражување за тоа колкава е просечната старост на машините и опрема со кои работи македонската индустрија. Анализата која ја направи Капитал преку анкетирањето на најголемите капацитети од клучните индустрии покажува дека просечната старост на машините е над две децении. Ако се посетат некои од погоните на некогаш звучните индустриски капацитети тие повеќе наликуваат на музеи, отколку на фабрики. Во нив се наоѓаат олд-тајмерите на македонската индустрија. Најтешка е состојбата во текстилната индустрија, каде староста на опремата е и над три децении, како и во тешката метална индустрија. Најдобро стојат работите во фармацевтската индустрија и секако во новите фабрики кои ги отворија странските инвеститори во слободните економски зони. Познавачите на состојбите велат дека меѓу машините кои се уште ги користат некои од индустриите има и такви кои веднаш би можеле да се однесат на отпад како старо железо. Во трката со фирмите од европските и светските економии, со кои македонската индустрија се натпреварува на светскиот пазар, битката е однапред изгубена. Колку за споредба просечната застареност на

Фармација- Состојбата во фармацијата е подобра, со поголеми вложувања во нова и современа опрема

Странските инвестиции кои отворија

фабрики во зоните донесоа современи машини и опреми

машините во Германија е 9,5 години, а во Данска 9 години. Староста на машините на ниво на ЕУ е во просек 15,5 години, но просекот го намалуваат источно-европските земји каде машините се постари. Заради недостаток на пари и скапите кредити, бизнисмените ретко се одлучуваат да купуваат нови машини. Оние кои купуваат нова опрема тоа најчесто го прават од сопствени средства, а поретко со банкарски кредити. Поголемиот дел од фирмите купуваат стара и користена опрема која е исфрлена од употреба во

Текстилна индустрија- Поголем дел од

машините кои се користат во текстилната индустрија се веќе застарени

развиените земји. Заради слабата информираност, фирмите ретко се одлучуваат да купуваат опрема на лизинг, преку кој фирмата може да дојде до машини кои би ги отплаќала на рати, без претходно да достави залог и без да ангажира големи износи на пари.

Старите машини ја намалуваат конкурентноста на фирмите

Поголема потрошувачка на електрична енергија, помала продуктивност на трудот, послаб квалитет на производите и потреба од повеќе ангажирани лица

еќе личат на музеи со машини стари над две децении


www.kapital.mk

Капитал број 801 06.03.2015

24

анализа

во производниот процес. Ова се само дел од долгата листа кочници на македонскиот бизнис предизвикани директно од застарените машини и опрема која ја користат. Иако не постојат официјално податоци познавачите на состојбите проценуваат дека машините во македонските фабрики се во просек над 20 години. Она што е најзагрижувачки е фактот што државата, компаниите, банките и коморите како воопшто да немаат однос кон овој сериозен проблем, кој и тоа како ја кочи економијата. Како прво во Македонија не постои никаква официјална статистика или истражување кое покажува каква е состојбата на машините и опремата во македонската индустрија. Второ, постојат многу малку кредитни линии за купување на нова опрема, а и оние кои се нудат за оваа намена заради лошите услови, односно заради високите камати и краткиот рок на враќање, наидуваат на многу мал интерес кај фирмите. Маријана Перковска, претседателка на текстилниот кластер и еден од најгласните поборници за оваа тема за Капитал ги прецизираше факторите поради кои во Македонија многу тешко се доаѓа до нова

опрема за производство. „Единствениот наменски кредит за оваа намена кој го нуди Македонската банка за поддршка на развојот е просто речено несоодветен. Зборувам во името на целиот кластер дека рокот за враќање од седум години е скоро недостижен. Ние најконкретно побаравме рок за поврат на средствата од 14 или 15 години, а тоа не го бараме на памет туку врз основа на целото наше искуство“. Перковска додава дека погрешно е македонската индустрија да се изедначува со развиените западноевропски индустрии кога условите за работење се сосема различни. „Точно дека е можно средствата од вложување во опремата да се вратат и за помалку од пет години, но само под услов ако тие машини се искористени со 100% капацитет. Ние како прво немаме домашен пазар со толкава апсорпциона моќ, а како второ за да се обезбеди извоз во странска земја е потребно многу време. Време во кое машините мируваат. Значи македонската индустрија е засебен случај, а банките и државата ако навистина сакаат да помогнат во оваа сфера, треба да се прилагодат на реалните услови во македонската индустрија“, вели Перковска.

Дека обновата на производната технологија е сериозно вложување за компаниите во Македонија ни потврдија и од компанијата Металпромет која во најголем дел е ориентирана на извоз. „Не само ние туку и секоја одговорна компанија во Македонија мора да чека со години за да е финансиски солвентна воопшто да може да размислува за инвестирање. Значи не е проблем да се дојде до кредит туку проблем е однапред да се обезбеди залиха која ќе може да покрие евентуален неочекуван крах во работата во услови додека имате кредит. Ние конкретно вложивме во нов ласерски систем за сечење на металот. Тој ни обезбеди многу предности и поволности но како што ви кажав моравме да го чекаме со години. Ако има подобри начини на финансирање секако ќе можеме и ние порано да инвестираме и долгорочно да добиеме и на квалитет и на брзина и на заштеда на трошоци “ вели Митко Горгиев извршен директор на компанијата.

Не се прави индустрија со олдтајмери

Дека македонската индус трија е навистина специфичен случај ни потврди и претседателот на Здружението на металната

како е во светот: Во Германија просечната опрема е стара Ŭũť СУПЕР СЛИМ СЕ ВО ЕДНО ДЕСКТОП СО ПЕРФЕКТНИ АГЛИ НА ВИДЛИВОСТ LENOVO A740 e 27” супер слим Се-во-Едно мултимедијален Десктоп со JBL stereo звучници и Dolby Home Theater. Неверојатниот Quad HD екран на допир се врти 90 степени за пријатен агол на видливост од секоја позиција. СПЕЦИФИКАЦИЈА: ŕ Ŗ ŬīũŪŪŭ ŀũ Ħ ŨĩŨť Ł ŭ ŨĦ Ŧ ƻ ŭ ŧŬŒ ƻ Ŧťŭť ī Ħ ă ŭŪť ŧ ŭĩŦ ƻ ƻ ƻ

ŮŭĩŪťťĦťť денĩ

INet ИНЕТ - АВТОРИЗИРАН ЛЕНОВО СЕРВИС

ЗАШТИТНИК НА ВАШИОТ DO УРЕД!

ЗА ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ:

A: Атинска 12 - Скопје T: 02/ 3090.625 E: sales@inet.com.mk W: www.inet.com.mk


www.kapital.mk

Капитал број 801 06.03.2015

25 Како е во регионот и светот? Според последното истражување во Србија направено пред пет години машините во голем број српски фабрики се со просечна старост од околу 28 години. Најтешка е ситуацијата во текстилната индустрија, каде опремата е стара просечно 35, 1 година. Според проценките на експертите технологијата во Србија застарела пет до шест генерации. Колку за илустрација во Европска Унија просекот на староста на машините изнесува 15,5 години, но тој просек во најголем дел го прават новите источноевропски членки на Унијата. Во Германија просечната опрема е стара во просек 9,5 години, а во Данска девет години. и металопреработувачката индустрија Митко Кочовски. „Покрај општо позната криза и затворањето на голем број индустриски капацитети во деведесеттите во Македонија неприродно се изврши и делење на дотогаш интегралните претпријатија. Така добивме расцепкани

и финансиски слаби единки кои 15 или 20 години ништо не вложуваа. Тоа значи дека го изгубија чекорот и прескокнаа неколку инвестициони циклуси кои сега е тешко и многу поскапо да се надоместат. Дополнителен проблем е и фактот што тешката македонска индустрија е

поставена врз структура од крајот на шеесеттите години од минатиот век. Во такви индустриски капацитети и самите вложувања се поскапи. Поради сето ова е потребна многу поинтензивна поддршка од државата и финансиските институции инаку каква што е моменталната состојба во индустријата во Македонија прашање е дали некој воопшто може да размислува за индивидуално инвестирање во нови машини“, вели Кочовски. Претседателот на кластерот на преработувачка индустрија Сашо Ристовски вели дека состојбата и кондицијата во која се наоѓа опремата за производство влијае на секоја индустрија. “Она што е генерално за сите производни компании е дека самата опрема за производство може да прави огромна разлика кај крајниот производ. Конкретно во неговиот квалитет, неговото чинење, брзината со која може да се изработи и секако количината со која може да се конкурира. Поради сето ова застареноста на машините во нашата индустрија е проблем кој заслужува многу поголемо внимание“, вели Ристовски. nnn

а во просек 9,5 години, а во Данска девет години


Капитал број 801 06.03.2015

26

www.kapital.mk

интервју

Мирослав Марчев претсетадел на УО на AmCham

Бизнис заедницата сака уште поквалитетен дијалог со Владата Како експерт по правна и даночна регулатива во системот на големата светска консултантска куќа PriceWaterhouse Coopers, Мирослав Марчев, новиот челник на Американската стопанска комора во Македонија, вели дека еден од клучните приоритети во неговиот мандат ќе биде токму понатамошното продлабочување на дијалогот со Владата со цел да се постигне уште повисок квалитет на законите кои го засегаат бизнисот.

Приоритети: Особено ќе се посветиме на подобра со


www.kapital.mk

Капитал број 801 06.03.2015

27

С пишува:

Игор Петровски

igor.petrovski@kapital.mk

XX Со оглед дека од неодамна ја имате челната функција во AmCham, кои ќе бидат вашите приоритети при раководењето на организацијата? Идејата на AmCham уште од основањето била и во иднина останува во принцип истата: да го претставува гласот на меѓународната бизнис заедница во Македонија, односно да придонесе во развојот на локалната економија и зголемување на нејзината конкурентност на светско ниво. AmCham тоа го остварува преку организираниот заеднички настап на своите членки пред Владата, организирање на разни настани пред јавноста и поттикнување на спроведувањето најдобри корпоративни практики во редовите на домашната бизнис заедница. Еден од нашите врвни приоритети е унапредување на соработката помеѓу универзитетите и бизнис заедницата, што е во нивни заеднички интерес – компаниите да добијат кадар каков што им е потребен, а студентите полесно да најдат работа веднаш по дипломирањето. Соработка веќе има, на релација поедини компании – универзитети, но и на AmCham како организација со повеќе факултети. Секоја година на пролет имаме настан на кого што се канат професори, декани од земјава и странство, луѓе од Министерството за образование, итн., каде што се дискутира за постоечките проблеми и предизвици на образованието од бизнис гледна точка. Какви се потребите на компаниите, што може универзитетите да предложат, како да се подобри праксата во компаниите и сл. На овој приоритет продолжуваме да работиме и оваа година. XX Бизнис заедницата често го истакнува пречестото менување на закони како една отежнувачка околност за нормално функционирање. Што можете како комора да направите за надминување на овој проблем?

настани на AmCham Кон крајот на февруари организиравме семинар за квалитет на грижа за клиенти, каде што главен говорник беше долгогодишната директорка во хотелскиот синџир Бест Вестерн во Европа, Барбара Опершал. Деновиве имавме конференција на тема “Јавните набавки: трендови и предизвици“, каде што се дискутираше за најдобрите практики во областа на набавките, и во делот на државните институции и кај приватните фирми. На крајот од март, пак, во Белград ќе има голем настан организиран од група регионални комори на AmCham, под наслов “Новата југоисточна Европа“, каде што ќе има премиери од регионот, министри, бизнисмени, и ќе се дискутира за сегашната бизнис клима, генерално во регионот и како тој да стане поатрактивно место за водење бизнис. Со оглед дека јас доаѓам од сектор кој покрива правно-даночна сфера, како претседател на УО на AmCham, особено ќе го поттикнувам работењето на подобрувањето на предвидливоста на локалната законска регулатива, што значи да има помалку изненадувања за бизнисот од аспект на носење регулатива што го засега неговото работење. Се разбира, Владата ги предлага политиките за кои што смета дека се најдобри за понатамошно развивање на домашната економија, но ние како компании би сакале да имаме повеќе можности да се слушне нашиот глас, да предложиме што може подобро да се направи, значи да се крене на уште повисоко ниво дијалогот помеѓу бизнис секторот и Владата, за да има подобра соработка во иднина. XX Дали има примери кога Владата ги уважила вашите коментари и забелешки околу носење регулатива што ги засега компаниите? Ние како AmCham имаме повеќе пати поднесувано коментари преку електронскиот регистар на прописи - ЕНЕР, но, за жал тешко е да кажам дека тие коментари често биле прифатени. Обиди од наша страна за соработка има, Владата одговара на нашите писма и коментари, не е дека ги игнорира, во некои сфери дури има идеи и за соработка, но, генерално има можност за подобар дијалог. Искрено веруваме дека квалитетот на законите може да се подобри доколку повеќе се слуша гласот на заедницата. XX Кои се другите предизвици што ги истакнуваат вашите членки? Во делот на подобро функционирање на бизнисот, заинтересирани сме секако, и за забрзување на постапките за

издавање дозволи за работа на странци во земјава. Повеќето од нашите членки се странски инвеститори во Македонија, на кои што им се потребни менаџерски и останати кадри кои што понекогаш не може да ги најдат на локалниот пазар, а издавањето на работните дозволи за овие луѓе знае да трае предолго, и тоа најчесто не заради несовршеноста на регулативата што ги третира овие прашања, туку заради долготрајноста на самите постапки и процедури предизвикани од административно-бироктатски причини. Ние се залагаме овие процеси да одат побрзо, за да не се кочат работните процеси во самите компании. Уште еден наш приоритет е заштита на интелектуалната сопственост, затоа што нашите членки произведуваат или увезуваат производи кои што се заштитени трговски марки, а неретко знаат да бидат предмет на фалсификување, со што им се нанесува голема штета на овие компании. XX Каква ви е соработката со останатите бизнис комори, во насока на поефективно претставување на интересите на бизнис заедницата, со оглед дека имате членки кои што членуваат и во другите комори. Да, доста организации има и ние на никој начин не гледаме како конкуренти на нив, туку како субјекти со кои што мора да соработуваме за да постигнеме поголем ефект за сите наши членки. Досега сме имале заедничко организирање на настани со Холандската комора, како и со Британската бизнис група и Германската бизнис комора, а и повеќе иницијативи, како на пример, за данокот на добивка, не беа поддржани само од AmCham, туку и од другите комори.

соработка помеѓу универзитети и бизнисите


www.kapital.mk

Капитал број 801 06.03.2015

28

интервју

По иницијатива на AmCham во јануари имавме средба со повеќе странски комори за да се конкретизираат чекори што може подобро да направиме. Затоа што сите членки од коморите се соочуваат со исти предизвици. Значи, соработка има, можеби не е доволна, но активно ќе работиме да ја подобриме. XX Како вие од позиција на прв човек на бизнис асоцијација ја оценувате моменталната бизнис клима во Македонија? Мислам дека македонската бизнис клима во моментов е доста добра и во овие пет години откако сум јас тука има очигледни подобрувања, што се гледа преку неколку индикатори: раст на БДП, влез на странски инвестиции, намалување на невработеноста... Секако, треба уште доста работи да се направат за да се направи Македонија подобро место за водење бизнис. XX Кои, на пример? Па, освен проблемите со работните дозволи и честото менување на регулативата што ги споменав, нашите членки имаат коментари и околу некои други законски решенија - зголемување на акцизите, обврската да се вработува едно лице со хендикеп на 30 вработени, регрес за годишен одмор... Еве, да речеме, со популарниот К-15 надомест, тоа е малку чудна одредба, затоа што ако компанија е задоволна од работењето на своите луѓе, може да им даде бонуси и сл., постојат начини, не значи дека треба да постои обврска приватни компании да исплаќаат ваков тип награда, во услови кога голем дел од нив реално и не може тоа да го сторат. Што се однесува на регулативата за хонорарите, сметам дека решението во својата суштина е во ред, затоа што така се израмнуваат луѓето што добиваат хонорари со оние што добиваат плата. Не е логично некои луѓе цел живот да бидат хонорарци и на крајот да немаат право на пензија и сл. Но, можеби начинот на кои што се носеше, изземањата што беа ставени во законот, недореченоста околу некои детали, сето тоа предизвика недоумици и збунетост кај луѓето и бизнис заедницата. Понатаму, системот за државна помош на новите странски инвеститори е добар инструмент за привлекување нови бизниси, но од друга страна предизвикува извесно незадоволство меѓу постоечките бизниси, како локални, така и странски. Можеби, би требало да се поработи малку околу ова прашање. Исто така, квалитетот на поедини инспекциски органи би можел да се подигне. Интерпретацијата на законите од страна на инспекторите може да се подобри, затоа што колку и да се квалитетни некои законски решенија, на терен инспекциите понекогаш знаат да бидат на не баш соодветно ниво на стручност за доследно спроведување на законите.

кариера Природата на моите професионални обврски од една страна ја прави мојата работа прилично напорна, но од друга страна носи голема динамика, запознавање многу луѓе, компании, нивното работење. На крајот задоволството е големо кога по добро завршената работа гледаш среќни клиенти. Но, не може пак, да се заборави добрата соработка меѓу некои државни органи со бизнисот, како што е Царинската управа, на пример. Исто така и со Агенцијата за супервизија на осигурувањето соработката е на високо ниво. XX Кажете ни нешто повеќе за вашиот професионален бекграунд. Kои се вашите обврски и задачи во PwC? Јас сум правник по образование и во системот на Pricewaterhouse Coopers сум од 2001. Почнав во Бугарија, потоа кратко во Чешка и Ирска, а во Македонија сум од август 2009. Тука го раководам одделот за даночни и правни услуги, на почетокот бевме 7-8 луѓе, сега сме 16, работата ни оди

добро, и за мене е големо задоволство да работам тука. Дневно имаме многу задачи за различни проекти, бара многу напор, концентрација, затоа што покриваме голем дел прашања: сметководство, завршни сметки, даноци, трговски договори, корпоративно право, стечаи, осигурување... Мнозинството од нашите клиенти се странски компании, односно инвеститори во земјава, од кои што има и такви што се доста време тука, но има и од редовите на поновите странски инвестиции. Меѓутоа, со особено задоволство можам да кажам дека имаме и добра бројка на познати македонски компании, а нивниот број постојано расте. nnn

Бизнис клима: Добра е, но треба уште работа


ЗА ВРВНИ МАГИСТЕРСКИ СТУДИИ НЕ МОРАТЕ ДА ОДИТЕ ВО СТРАНСТВО!

СЕГА И ВО СКОПЈЕ! • Престижна МБА програма за развој на вашата кариера • Рангирана помеѓу првите 100 во светот • Со тројна меѓународна акредитација која гарантира квалитет на наставата

УПИСИТЕ СЕ ВО ТЕК! msm.uacs.edu.mk

ЗА ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ:

Универзитет Американ Колеџ Скопје Трета Македонска Бригада 60, 1000 Скопје Тел: +389 2 2463 156

Е-пошта: globalmba@uacs.edu.mk Веб: msm.uacs.edu.mk


www.kapital.mk

Капитал број 801 06.03.2015

30

Лидери

Ванчо Чифлиганец не застанува со проектите

Адора ќе гради 450 нови станови во Скопје

В

Велат дека големите луѓе се познаваат по своите дела, а не по празните зборови. Проф.д-р Ванчо Чифлиганец, сопственик и генерален менаџер на градежната компанија Адора инженеринг би додал дека само делата се вистина. Тоа е и девизата на неговата компанија, која веќе 13 години остава дела зад себе, односно висококвалитетни станови во неколку градови од Македонија, како и бројните проекти што претставуваат враќање на дел од успехот кон сопствената заедница. Чифлиганец, познат во јавноста како неуморен работник и создавач, уште од времето на неговото директорување со

Нов станбено-деловен објект во скопска Кисела Вода, со архитектура инспирирана од легендарната зграда Флетирон во Њујорк, како и 450 нови станови во Аеродром, се новите проекти што Адора инженеринг ги почнува годинава рудникот Бучим, нема намера да застане со создавањето трајни вредности. На 5-тиот меѓународен Саем на недвижности 2015 што деновиве во Скопје, градежната компанија Адора инженеринг се претстави со понудата на 450 нови докажано асеизмички станови, што според современите европски стандарди, од енергетската А-класа, ќе бидат изградени во општина Аеродром, во рамките на комплексот со трите веќе изградени објекти на компанијата.

Њујорк во Скопје

Особен интерес кај гостите на саемот предизвика новиот инвестициски проект за изградба на капиталниот станбеноделовен објект „Порта Адора - Кисела Вода“, вистински деловен предизвик што компанијата ќе го реализира годинава на влезот во општина Кисела Вода, во централното подрачје на Скопје.

Новиот комплекс кој ќе се гради на местото на поранешната фабрика „Цветан Димов“, кај месноста рампа во општина Кисела Вода, во центарот на Скопје, ќе биде со архитектура мотивирана од познатата висококатница, урбанистичка икона на Њујорк, „Флетајрон“, изградена во 1902 година во елитниот кварт Менхетн. “На градежно земјиште од 4.403 м², кое го купивме на транспарентна јавна лицитација од државата, по цена 7 пати повисока од почетната, за што плативме 2,2 милиони евра, плус 2,5 милиони евра евра за комуналии, овој стратешки елитен станбено-деловен објект планираме да почнеме да го градиме ова лето. Се очекува овој проект во двете насоки, да оствари финансиски обрт од околу 40 милиони евра. Според архитектонскиот проект кој сега се работи, овој објект треба да биде со висина од 45 до 50 метри, со

Најпопуларни: Адора доби награда за најп


www.kapital.mk

Капитал број 801 06.03.2015

31 Адора инженеринг се претстави на сопствен

штанд на Саемот за недвижности 2015

Извршната директорка на Адора инженеринг,

д-р Драгана Чифлиганец со првиот купувач на стан на Саемот за недвижности

Успех споделен со заедницата Проф. Ванчо Чифлиганец многу пати досега покажа дека добивката од успешното работење сама по себе не причинува среќа, доколку дел не споделите со заедницата. Така беше при бројните досегашни примери на општествено одговорно однесување на компанијата иницирано од г-н Чифлиганец - хуманитарни акции, стипендии, поддршка на спортот, културата, науката, заштита на животната средина, итн. – така е и со големата донација за изградба на црковниот храм Свети Јован Крстител, чиј што ктитор е проф. Чифлиганец. Уште еднаш тој покажува дека е бизнисмен, а пред се’ човек, кому материјалните придобивки не му значат ништо доколку не бидат искористени во насока на духовно облагородување, како на сопствената личност, така и на сите членови на заедницата. ексклузивни деловни простории, мезанин и елитни станови на 14 нивоа. Објектот ќе биде со препознатливиот квалитет на градба на Адора инженеринг, со потврдена асеизмичка стабилност, енергетска ефикасност А-класа, со примена на најновите технологии и трендови, кој на станарите ќе им понуди исклучително квалитетни и модерни услови за домување и бизнис“, објаснува Чифлиганец. Се очекува во текот на градба, за една и пол година, на реализација на проектот да бидат ангажирани околу 500 градежни работници, со што компанијата вели дека ќе даде голем придонес во македонската економија. Што се однесува на цените тие ќе се движат некаде помеѓу цените на становите во Карпош и општина Аеродром во Скопје, а Адора инженеринг ќе оди со стапка на профитабилност од 10 %, велат во компанијата.

Меѓу најбрзорастечките компании во Македонија

Успешната семејна бизнис приказна Адора започна во 1992 година во областа на фармацијата. На 28 август 2002 година, на православниот празник Успение на Пресвета Богородица и денот на македонските рудари, проф. д-р. Ванчо Чифлиганец ја основа градежната компанија Адора инженеринг, која гради вредни и трајни дела достојни за почит. Адора инженеринг е најуспешна компанија во високоградбата, од 2010

до 2014 година, меѓу 25-те најуспешни и меѓу 5-те најбрзорастечки компании во Македонија, според Централниот регистар на Р.Македонија. За 13 години компанијата изгради повеќе од 30 елитни објекти со 1600 висококвалитетни станови во Скопје, Охрид и Струмица, стотина деловни простории, 1500 модерни паркиралишта, базени и дуги објекти. Адора инженеринг ги изгради и донира православниот храм Св. Јован Крстител во општина Ааеродром, Скопје, споменобележјето за Водици во Охрид, саат кулите во Ѓорче Петров, Скопје и Струмица, фонтаната Македонија во Кисела Вода, Скопје и други корисни дела за граѓаните и заедницата.

Пионери во многу области

Адора Инженеринг е првата компанија во Македонија, која од осамостојувањето со „вештачки земјотрес“, организиран по повод 50 годишнината од скопскиот земјотрес, во соработка со ИЗЗИС, научно ја потврди врвната асеизмичка стабилност на своите станбени објекти. Градежната компанија е прва во Македонија која има изработено научна студија за енергетските карактеристики на новиот елитен станбен објект кој се гради во општина Аедором, Скопје, со кој стручно се потврди дека објектот е ниско енергетски и е подготвен за добивање „енергетски пасош“ од класа „Б“, уште пред негово воведување во Македонија.

Адора инженеринг низ бројки

2002 1.600 5 500 формирана

станови изградени до сега

меѓу

- те

најбрзорастечки фирми во Македонија од 2010-2014 г.

работници ќе бидат ангажирани на новиот проект “Порта Адора – Кисела Вода“ “Со посветена работа, со акцент на брзината, високиот квалитет, докажаната стабилност во градбата и со пионерска улога во воведувањето на новините од развиениот свет за квалитетно домување, и во време на економска криза успева во својата мисија граѓаните да го препознаат најдоброто за нив и да направат успешна инвестиција за долгорочна среќна иднина на сегашните и идните генерации“, вели Чифлиганец. nnn

јпопуларна градежна фирма во 2014 година


www.kapital.mk

Капитал број 801 06.03.2015

32

Јавни набавки

Новата законска обврска наметна нови трошоци

Државните службеници учат англиски на државна сметка

Р пишува:

Габриела Делова

gabriela.delova@kapital.mk

Речиси 100 илјади евра потрошила државата лани за курс по англиски јази за службениците. Во моментот, според податоците на Бирото за јавни набавки, во тек е и нов оглас преку кој Министерството за транспорт и врски прибира понуди за курсеви по англиски јазик, набавка чија проценета вредност е 400 илјади денари или 6.500 евра. Лани, четири институции распишале тендер за ваква набавка. Тоа се

Министерството за труд и социјална политика, Министерството за финансии, Бирото за развој на образованието и Секретаријатот за спроведување на рамковниот договор. Вкупно, потрошената сума, ја чинат државата 83 илјади евра. Меѓу нив, најскап е тендерот на Бирото за развој на образованието, кое платило 32.500 евра за курс по англиски јазик за своите вработени. Слична сума потрошило и Министерството за труд и социјална политика. Првата набавка за курс по англиски јазик го олеснила буџетот на ова министерство за 23 илјади евра, додека втората набавка, ја чинела оваа институција 16.250 евра. Вкупната вредност која ја потрошило Министерството за труд и социјална политика е речиси 40 илјади евра. Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор исто така одвоил средства за своите службеници да посетат курс по англиски јазик. За оваа намена, Секретаријатот лани потрошил вкупна сума од речиси 6 илјади евра. Речиси исто толку средства одвоило и Министерството за финансии. За курс по англиски јазик за своите вработени, оваа институција лани потрошила нешто повеќе од 5.500 евра.

Иако новата законска обврска, која стапи на сила пред точно една година, пропишува дека секој нов службеник во администрација, пред вработување ќе мора да достави меѓународно признат сертификат за познавање на странски јазик, сепак државата се уште троши илјадници евра за обука на веќе вработените, кои немаат воопшто познавање или валиден сертификат за познавање на јазикот Инаку, од огласите кои во моментот течат на Агенцијата за администрација, како за државните институции, така и за јавните, во сите еден од критериумите е активно познавање на англискиот јазик. Оваа законска измена е во ред и нормално е секоја да познава англиски јазик. Но, она што е нејасно е зошто и по кој основ државните службеници се повластени и за учење странски јазик им плаќа државата, а сите останати кои не се вработени во државни служби си плаќаат од сопствениот џеб.

Кои се центрите за странски јазик што ги добиле тендерите?

Најголемиот тендер, објавен од Бирото за развој на образованието го добило Друштвото за едукација, тренинг и кариерен развој ЕДУКАТИВА ПЛУС ДОО Скопје. Поголемиот тендер на Министерството за

ТОЕФЕЛ, ИЕЛТС: Дел од сертификатите што треба да ги положат


www.kapital.mk

Капитал број 801 06.03.2015

33 ОГЛАСИ ВО 2014 ЗА КУРС ПО АНГЛИСКИ ЈАЗИК ДОГОВОРЕН ОРГАН

ПРЕДМЕТ НА ДОГОВОРОТ ПРОЦЕНЕТА ВРЕДНОСТ обезбедување на преведувачки услуги 19.512 евра Министерство за труд и социјална политика и одржување на обуки за англиски јазик Министерство за транспорт и врски полагање на странски јазик 6.504 евра Секретаријат за спроведување на Рамковeн Курс по Англиски јазик

5.000 евра

Министерство за Финансии

курсеви по англиски јазик

19.512 евра

ЈП Комуналец Битола

обука за изучување на англиски јазик

нема податок

ВКУПНО:

50.528 евра

КОИ ИНСТИТУЦИИ ОРГАНИЗИРАЛЕ КУРСЕВИ ПО АНГЛИСКИ ЈАЗИК ВО 2014 Институција

Бр на тендери

Вредност во евра

Биро за развој на образованието

1

32.520

Министерство за труд и социјална политика

2

39.258

Министерството за финансии

1

5.525

Секретаријат за Рамковен

1 ВКУПНО:

5.856 83.159

Иако новата законска обврска, која стапи на сила пред точно една година, пропишува дека секој нов службеник во администрација, пред вработување ќе мора да достави меѓународно признат сертификат за познавање на странски јазик, државата се уште троши илјадници евра за обука на веќе вработените, кои или немаат доволно познавање или немаат валиден сертификат за познавање на јазикот. Најголемата дилема е зошто и по кој основ државните службеници се повластени и за учење странски јазик им плаќа државата, а сите останати кои не се вработени во државни служби си плаќаат од сопствениот џеб. труд и социјална политика го добило Друштво за секретарски, преведувачки активности и услуги АД ВЕРБУМ ДОО Скопје, додека, пак, помалиот тендер, објавен од истото Министерство го добило Друштво за друго образование, менаџмент и консалтинг услуги ТРЕНИНГ ЦЕНТАР - ЦЕС ДООЕЛ Скопје. Тендерот на Секретаријатот за спроведување на рамковниот договор, го добило Друштво за одржување на курсеви за странски јазик, промет, производство и услуги ЧЕЛИНЏ експорт-

импорт ДОО Скопје, додека пак, тендерот на Министерството за финансии го добило Друштво за трговија,производство и услуги МОМЕНТ-МАЛ ДООЕЛ увоз -извоз Скопје. Од јавните информации понудени на веб- страниците на овие друштва, станува збор за центри за странски јазици кои како клиенти ги имаат не само горенаведените институции, туку и други државни и јавни институции, но и странски претставништва и компании кои се присутни во Македонија. nnn

БРОЈКА

100

илјади евра платила државата лани за курс по англиски јазик за службениците

Англискиот јазик стана законска обврска за вработување во администрација

С

огласно законот за административни службеници, кој стапи на сила во февруари минатата година, сите административни службеници, инаку класифицирани во четири категории во самиот закон, и тоа: категорија А секретари, - категорија Б - раководни административни службеници, - категорија В - стручни административни службеници и - категорија Г - помошно-стручни административни службеници, ќе мора, при вработување да достават документ, односно меѓународен сертификат за познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски). Според одредбите на законот, станува збор за следниве меѓународно признати сертификати: сертификат издаден од официјален европски тестатор, член на здружението ALTE на европски тестатори, или уверение од меѓународна институција на А1 (А1) нивото на ЦЕФР (CEFR), односно БУЛАТС или Аптис; или ТОЕФЕЛ или ДЕЛФ, ТЦФ, ТЕФ, Гете сертификат и ертификат по НАТО стандардот STANAG 6001. Инаку, освен за англиски јазик, засега, барем според информациите од огласите и склучените договори на институциите ставени на Бирото за јавни набавки, освен за курс по англиски јазик, државата не потрошила пари за курс по француски или германски јазик.

Законска обврска: административците мора да зборуваат англиски


www.kapital.mk

Капитал број 801 06.03.2015

34

"Капитал" анализа

Што се крие зад новите бранувања под површината на меѓуетничките односи во Македонија? Ако не поинаку, тогаш барем хронолошки, Пол Волерс, Ричард Ховит, Сергеј Лавров ... своите изјави за влошените меѓуетнички односи во Македонија и опасноста од нив ги доведоа во врска со аферата „прислушување“. „Капитал“ се обиде да одговори на следниве прашања: каква е ситуацијата со меѓуетничките односи во моментов; колку е таа, макар индиректно, поврзана со замавот што политичката криза го доби(ва) со аферата „прислушување“; и знаат ли странците нешто што ние не го знаеме, ниту, пак, го чувствуваме?

Џабир Дерала: кај нас немало Дипломати со цврста рака, ка


www.kapital.mk

Капитал број 801 06.03.2015

35 Поранешниот

американски амбасадор Пол Волерс оцени дека меѓуетничките проблеми во Македонија времето не ги решава, туку, за жал, ги влошува

Во последниот

настап како известувач за Македонија, Ричард Ховит побара будност за спречување развој на настани што би довеле до нов конфликт

По првите

T пишува:

Максим Ристески

maksim.risteski@kapital.mk

Темата меѓуетнички односи во Македонија е една од оние што толку редовно се споменуваат во домашната јавност и во меѓународните извештаи за земјата, што кај граѓаните се доживува со извесна отрпнатост, како хроничен проблем, кој од Охридскиот рамковен договор наваму одолева на ризиците од поопасна акутизација. Но, последниве месеци се намножија подраматични предупредувања за опасност од влошување на соживотот, испратени од инстанци што не може да се игнорираат – поранешниот амбасадор на Соединетите Американски Држави во Македонија, Пол Волерс,

„бомби“ на Заев, претседателскиот кандидат Стево Пендаровски изјави дека ако власта се постави „тврдолинијашки“, може да го судри народот меѓу себе и преку религискиот момент

поранешниот известувач за Македонија во европскиот Парламент, Ричард Ховит, руското Министерство за надворешни работи ... Дополнителна индикативност во контекстот направи временското совпаѓање на овие предупредувања со периодот откако претседателот на СДСМ, Зоран Заев, ги најави таканаречените бомби. Донеодамнешниот американски амбасадор на 4 декември во интервју за Алсат-М изјави дека „меѓуетничките односи во Македонија се влошуваат, и ако некој мисли оти проблемот ќе исчезне сам од себе, греши“ (Волерс во интервјуто зборуваше и за протестите за случајот „Монструм“). Одговарајќи на прашање околу тогаш само најавените „бомби“ на Заев, дипломатот рече дека не знае на што истите ќе се однесуваат, но, оти „фактот што луѓето се загрижени дека наводните откритија (на Заев, н.з.) ќе имаат влијание врз меѓуетничките односи, повторно покажува оти луѓето сметаат дека таму постои проблем“. Моето чувство е, дополни Волерс, дека во последните три или повеќе години етничките заедници се оддалечуваат повеќе отколку што се зближуваат. Пет дена по споменатото интервју одекнаа експлозии во мултиетнички средини, во Куманово и во Тетово, на кои им претходеше појавата на непознати лица во црни униформи во тетовско, кои, како што изјави заменик-министерот за внатрешни работи, Земри Ќамили, се заканувале и легитимирале граѓани (на 2 ноември, н.з.). Претходно, на 28 октомври, два проектили завршија во фасадата на зградата на Владата, за што одговорноста ја презема извесната Ослободителна национална армија (ОНА), а пред тоа (на 18 септември), екс-претседателот на

ПДП, Невзат Халили, прогласи Република Илирида во Скопје (последново главно предизвика шегобиен одек во јавноста). Со сите овие настани јавноста кратко се занимаваше доживејувајќи ги како тесно изолирани инциденти, но, не треба да се заборави дека тие сепак се случуваат на фонот на протестите против пресудата во случајот „Монструм“, на протестите по убиството на Ангел Петковски во Ѓорче Петров, на тепачките меѓу ученици Македонци и Албанци во автобусите на јавниот градски превоз, на полициски асистираните инспекции на Управата за јавни приходи на кои им се даде етничка димензија ... Но, да се вратиме на изјавите на дипломатите. Во својот последен настап како известувач за Македонија во Европарламентот (одржан истиот ден кога Волерс го даде споменатото интервју - 4 декември), Ричард Ховит, побара будност за да се отстрани опасноста од повторување на 2001 година во Македонија: „Која е мојата најголема грижа? Јас сум загрижен за кохезијата во оваа држава и мислам дека треба да бидеме будни за спречување на развој на настани кои можат да доведат до враќање на конфликтот ... Меѓународниот ангажман треба да ви помогне вистински и засекогаш да се помирите“, изјави Ховит. Неколку дена пред објавувањето на првата „бомба“ на Заев, а ден по пресконференцијата на која премиерот Никола Груевски рече дека бил уценуван од претседателот на СДСМ, Зоран Заев, со „снимени телефонски разговори добиени во соработка со одредена странска разузнавачка служба“, со соопштение се огласи и Министерството за надворешни

ако Холбрук кој кај Милошевиќ влегуваше буткајќи ја вратата


www.kapital.mk

Капитал број 801 06.03.2015

36

"Капитал" анализа

М

Исмет Рамадани

претседателот на Евро–атланскиот совет

еѓуетничките односи кои се секогаш кревки во Македонија, може и да се злоупотребат и за со нив да се прикријат некои други криминални работи, криминални струтури, и да се инсценира во меѓувреме нешто што би резултирало со конфликт.

работи на Русија. Во него, покрај тоа што се изразува надеж дека во случајот „Пуч“ ќе биде спроведена темелна истрага во интерес на стабилноста и на сигурноста на Македонија, се потенцира и дека влошувањето на состојбата во земјата може да предзвика опасна ескалација на меѓуетничките судири во земјата. Во светлината на веќе објавените „бомби“, претседателскиот кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски (за кој во контекстот е важно да се потсети дека беше советник за безбедност кај поранешните претседатели Борис Трајковски и Бранко Црвенковски), во емисија на Алсат-М изјави дека постои опасност на Македонија да и се повтори 2001 година, потенцирајќи оти тоа би се случило без пушки, но, сепак, додаде дека би значело оти ќе ја загубиме државата. „Се плашам дека мора да дојдат (меѓународни медијатори, н.з.) ако не сакаме да ни се случи 2001 без пушки, да ја загубиме државата сите. Ако власта оди до крај, може да го судри народот меѓу себе, дали преку религискиот момент или на партиска основа“, предупреди Пендаровски, на што медиумите што јавноста ги смета за блиски до Владата одговорија поставувајќи прашање дали СДСМ се подготвува за насилно сценарио за преземање на власта. Заев, пак, почувствува потреба ним да им одговори, па, на новинарско прашање на прес-конференцијата по објавувањето на третата „бомба“ рече дека „овој процес што го отвораме не може да предизвика меѓуетнички конфликти, туку ги сплотува граѓаните од сите етнички заедници“. А прашањата што „Капитал“ им ги постави на аналитичарите кои ги консултиравме на темава, сметајќи дека истата е од јавен интерес, се: каква е ситуацијата со меѓуетничките односи во Македонија во моментов; колку е таа, макар индиректно, поврзана со замавот што политичката криза го доби(ва) со аферата „прислушување“; знаат ли странците што ги цитиравме (па, и Пендаровски) нешто што ние не го знаеме, ниту, пак, го чувствуваме (претставата во јавноста е дека односите меѓу македонската и албанската заедница не се поразлични од претходно)?

Како да се читаат пораките на дипломатите?

Претседателот на Евро–атланскиот совет на Македонија, Исмет Рамадани,

А Владо Поповски

професор и поранешен министер за одбрана

смета дека поранешниот американски амбасадор, Пол Волерс, и поранешниот известувач, Ричард Ховит, во изјавите што ги цитиравме, изнеле претпоставки базирани на реалната ситуација во Македонија, и оти кажаното не треба да се доведува во врска со „бомбите“ на Заев, без разлика на хронолошкото совпаѓање. Но, сепак, според Рамадани, постојат моменти што би можеле во актуелниот контекст да ги влошат меѓуетничките односи - „да речеме, ако има материјали за вмешаност на структурите на власта во одредени судски одлуки како во случајот „Монструм“. „Меѓуетничките односи кои се секогаш кревки во Македонија, може и да се злоупотребат и за со нив да се прикријат некои други криминални работи, криминални струтури, и да се инсценира во меѓувреме нешто што би резултирало со конфликт“, изјави Рамадани за „Капитал“. Според него, Македонија како земја кандидат за членство во Европската унија и на прагот на НАТО, не треба да биде резервирана во повикот кон меѓународните структури - ЕУ, НАТО, ОБСЕ, да бидат присутни поинтензивно во овој период во земјата. Рамадани смета дека патот за институционално канализирање на конфликтната енергија од аферата „прислушување“ треба да оди преку оставки на „сите кои ќе бидат споменати со име и со презиме, и за кои ќе има факти за инкриминација, по што би се одело со една експертска влада која нема да влијае во судските процеси што ќе се отворат, додека во исто време ќе се подготвува услови за предвремени избори, без ничие влијание од позиција на власт, што ќе го дадат чистиот легитимитет на партиите што ќе победат за да формираат нова влада“. Професорот Владо Поповски, кој досега извршувал повеќе високи функции, меѓу кои и министер за одбрана и директор на Агенцијaта зa рaзузнaвaње нa Републикa Мaкедонијa, смета дека во изјавите на Волерс и на Ховит има многу претпоставки, а во стварноста нема индикации оти постои некоја голема тензија меѓу Македонците и Албанците. „Ако постои незадоволство, тоа е општо, за сите граѓани, од невработеноста, сиромаштијата... Но, да се зборува за опасност од конфликт меѓу заедниците значи некое крупно прашање од специфичен интерес за Албанците да се

ко постои незадоволство, тоа е општо, за сите граѓани, од невработеноста, сиромаштијата... Но, да се зборува за опасност од конфликт меѓу заедниците значи некое крупно прашање од специфичен интерес за Албанците да се маргинализира, игнорира. Во ситуацијата што настана со прислушувањето засега не гледам меѓуетничка компонента.

маргинализира, игнорира. Во ситуацијата што настана со прислушувањето засега не гледам меѓуетничка компонента. Зад изјавата на Пендаровски, исто така, стојат многу претпоставки. Треба да се влезе во шпекулации, на пример, ако мислел дека власта ќе биде притисната од активностите на опозицијата за да нема излез и да мора да прифати техничка влада, па, во тој случај таа да го сврти проблемот кон меѓурелигиски или меѓуетнички конфликт. Тоа се претпоставки во асоцијативниот систем на Пендаровски. Прашање е дали влечењето заклучоци во тој систем оди логички врз база на некоја објективна ситуација, според некои негови аналитики, или Пендаровски настапува од позиција на човек што зафатил страна“, изјави Поповски за „Капитал“. Според него, ништо повеќе од обвинување од страна на опозицијата е тезата дека Владата ќе инсценира меѓуетнички конфликт за да избегне евентуални проблеми на друго поле. Претседателот на невладината организација „Цивил“, Џабир Дерала, смета дека „бомбите“ на Заев не треба да се доведуваат во врска со изјавите на Волерс и на Ховит, зашто „Американците како и Европјаните постојано потсетуваат дека имаме проблем со меѓуетничките односи“. Дерала смета дека лидерите на владејачките ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ со години посегнувале по меѓуетничките теми кога сакале да го одвлечат вниманието на општеството од сериозните проблеми и грешки што ги правела власта. Според него меѓународната заедница досега не се покажала на ниво на ситуацијата во санирањето на политичката криза во Македонија, и тука тој го гледа ризикот од конфликт што би можело да се случи на повеќе основи: „Дипломатите извршија притисок опозицијата да се врати во Парламентот (по 24 декември, н.з.), а после тоа не направија ништо кога договорот беше прогласен за тоалетна хартија. Дипломатите имаат одговорност, секако не во целост, но, добар дел од одговорноста носат, зашто притиснаа во неколку моменти кои беа клучни, но, не го задржаа притисокот. Не можете вие некому да кажете врати се во Парламентот, сè ќе биде во ред од денеска, а утре кога власта вели - договорот е тоалетна хартија, ништо да не правите“, смета Дерала. nnn


" ! " " #

!"#$%&'$ & ()" *%+ ,- $


www.kapital.mk

Капитал број 801 06.03.2015

38

Балкан бизнис и политика

Еве како Бугарија им помага на фирмите кои се во криза

Бугарската развојна банка ќе ги рефинансира компаниите со лоши кредити Министерството за финансии на Бугарија покрена иницијатива со која Бугарската развојна банка која е во државна сопственост ќе може да ги рефинанира фирмите со лоши креидтиОбјаснувањето е дека на тој начин државата ќе им помогне на бизнисите, кои имаат шанса да заздрават, и ќе помогне да се сочуваат работните места и производниот потенцијал.

Б

Бугарската банка за развој (ББР) ќе ги рефинансира компаниите со лоши кредити. Оваа иницијатива, како што пишува бугарскиот магазин Капитал, е на Министерството за финансии на Бугарија кое што е сопственик на државната развојна банка. Објаснувањето е дека на тој начин државната развојна банка ќе им помогне на бизнисите, кои имаат шанса да заздрават и на тој начин ќе помогне да се сочуваат работните места и производниот потенцијал. Ризикот е што опцијата може да

се користи за спасување на бизнисмени и фирми блиски до раководството, како и за спас на конкретни банки преку откуп на нивните лоши портфолија. “И тоа ќе стане реалност со пари на сите кои плаќаат даноци и без никаква дополнителна информација зошто и како се помагаат компаниите, бидејќи тоа ќе биде сокриено зад банкарската тајна”, пишува бугарски Капитал. Досега законските одредби не и дозволуваат на Бугарската развојна банка да работи со таков тип на ризични клиенти, а со новите измени банката ќе може да финансира и рефинансира и компании кои веќе имаат кредитни задолжувања класифицирани во кредитниот регистар и во групите “нефункционални” или “загуба”. Ваквиот тип на финансирање ќе се прави со двојно одобрување, односно по одобрување од Управниот и од Надзорниот одбор. Промените се усогласени и со Бугарската народна банка и одобрено и од акционерите на Бугарската развојна банка. Според Ангел Геков, претседател

на Управниот одбор на Бугарската банка за развој целта на овие промени не е да се префрлат проблематичните кредити од комерцијалните кон државната банка, бидејќи нивото на лоши кредити не е на загрижувачко високо ниво. Тоа беше причина да се преиспита досегашната забрана за работење со клиенти со лоша кредитна историја. Помагањето на фирмите би можело да се случи преку вклучување на Бугарската банка за развој во банкарски синдицирани кредити со цел да се сподели ризикот и со други кредитори. Според Геков, тоа е и една од специфичните карактеристики на банката за развој, која што ја разликува од комерцијалните банки. Втората промена во Бугарската развојна банка е и намалувањето на лимитите за кредитна изложеност кон едно лице или економска група. Досега за банката важеше тоа да не е поголемо од 25% од капиталот, но сега лимитот е намален на 10% од каиталот на ББР или до 67 милиони евра. Досега во Бугарската развојна банка немаат клиент со толку голем кредит. nnn

Ангел геков: целта е да им се помогне на здравите фирми


20 март 2015

специјален прилог - жените и бизнисот

moќ. лидерство. одлуки. l капитал анализа:

кои се најмоќните жени во македонија? зошто се најмоќни?

l колкава е моќта

на жените во македонскиот бизнис?

l кои жени и каде

дрмат во управните одбори во компании, јавни претпријатија и институции?

l зошто е добро

да се има жени во управни одбори?

l капитал интервјуа со моќните жени во македонија

Повеќе информации во врска со прилогот и за претставување во истиот можете да добиете на е-мail sanja.savovska@kapital.mk или на телефонскиот број 02 3280 910

Лицe за контакт:

Сања Савовска


www.kapital.mk

Капитал број 801 06.03.2015

40

Кариера

Д

Како да се вработите во Google?

Директорот за човечки ресурси во Google, Лазло Бок, неодамна откри дека едно од главните прашања на интервју за работа во компанијата што е најпосакуван работодавач, е имате ли IQ поголем од 130. Но, дополни и дека тоа е трик прашање на кое со потврден одоговор лесно може да паднете според критериумот „интелектуална скромност“. З Зашто, интелигенција и креативност можете да покажете и кога на интервјуто ќе ве прашаат „Што ќе вечераме?“, а ова прашање е меѓу редовните што ги добивате кога барате работа во Google. Бок смета дека одговорот никако не смее да биде „сеедно

Најмногу се паѓа на „едноставните“ прашања чија цел е да покажат дека кандидатот може да размислува во од, а ако сакате да добиете работа во Google не е паметно и да одговорите потврдно на прашањата што навидум изгледаат како тест за вашата самодоверба, а всушност треба да откријат дали сте фалбаџии ми е“ или „нека биде по ваша желба“, зашто компанијата во која го води HR-секторот вработува само кандидати подготвени да преземат иницијатива и лидерство кога е тоа потребно. Тој открива и дека прашањето „Поради што ги прочитавте последните пет новински текстови што сте ги прочитале?“, треба да го даде одговорот дали кандидатот покажува „способност да размислува во од“. И додава дека кандидатите најчесто паѓаат токму на овие едноставни прашања. Фалењето, смета Лазло Бок, не е добредојдено ниту на последното прашање кое гласи „Имате ли многу искуство и добри резултати зад себе?“. Оценувајќи ја политиката на вработување на Google, директорот за човечки ресурси вели дека подобар избор секогаш е да се ангажираат млади и креативни луѓе, кои, според него, се подобро решение на

долгорочен план, за разлика од искусните, макар и ако се стручњаци, кои се потпираат на стари техники и методи што неретко се покажува дека не се најпаметен избор. Google со години го добива признанието (според спроведените истражувања) за најдобар работодавач во Соединетите Американски Држави, при што, особено се зема предвид височината на платите и на бонусите на вработените. Но, и општото задоволство на „гуглерите“ од работата во компанијата, како и нивната мотивација. Веќе одамна е познато дека Google е компанија чиј пример го следат и многу други (особено во ИТ-секторот), која на своите вработени им овозможува два бесплатни оброци дневно (и тоа зготвени од врвни готвачи), потоа бесплатно фризирање, масажа, сала за вежбање, миење на возилата... nnn

Google: Не ги потценувајте прашањата како „Што ќе вечераме?“


ПОКАНА На 19 март 2015 година (четврток) во просториите на НБРМ, на 8. кат, со почеток во 14 часот, ќе се одржи 16. сесија на Клубот на истражувачите Доколку сакате да го презентирате Вашиот работен материјал на оваа сесија на Клубот на истражувачите, Ве молиме да н$ известите најдоцна до 2 март 2015 година (понеделник). Се надеваме дека ќе предизвикаме интерес кај Вас и кај Вашите колеги за учество на Клубот на истражувачите. Ве молиме да го потврдите Вашето присуство на оваа сесија на Клубот на истражувачите најдоцна до 16 март (понеделник) 2015 година на тел. +389 2 3298 110; електронска пошта: marketing@kapital.mk Напоменуваме дека зачленувањето во Клубот е од отворен карактер, за што подетални информации можете да видите на следнава врска: www.nbrm.mk/Клуб на истражувачи.

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

13 МАРТ 2015

ЕНЕРГИЈА – БИЗНИС ВО ДВИЖЕЊЕ  БИЗНИСОТ СО СОЛАРНИ ПАНЕЛИ ВО МАКЕДОНИЈА  КОЈ И ЗОШТО ИМ ЗАБРАНУВА НА МАКЕДОНСКИТЕ ФИРМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ЗА СВОИ ПОТРЕБИ?  КАКО ДА ГО НАПРАВИТЕ БИЗНИСОТ ЕНЕРГЕТСКО ЕФИКАСЕН?  ШТО СЕ ВИ Е ПОТРЕБНО ДА ИЗГРАДИТЕ КУЌА КОЈА ЌЕ ШТЕДИ ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА?  ИСКУСТВА И ПРАКТИКИ НА ФИРМИТЕ ОД РЕГИОНОТ И СВЕТОТ ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ? Повеќе информации во врска со прилогот и за претставување во истиот можете да добиете на е-маил marketing@kapital.mk или на телефонскиот број 02 3298 111

ЛИЦE ЗА КОНТАКТ:

ГОРДАНА МИХАЈЛОВСКА


Капитал број 801 06.03.2015

42

www.kapital.mk

Технологии и бизнис

Бизнис империјата на Илон Маск

Супер-претприемачот кој прави многу пари спасувајќи го светот Не морате да ги менувате детските соништа и кога ќе пораснете, дури и ако се толку амбициозни да мечтаете да му овозможите на човештвото да живее на други планети доколку тоа стане невозможно на Земјата, порачува биографијата на претприемачот и иноватор Илон Маск. Неговите проекти и компании досега се толку успешни, што не е тешко да се поверува дека во догледно време Tesla Motors ќе ја спаси земјата од загадувањето на моторите со внатрешно согорување претворајќи ги електричните автомобили во нов стандард. А ако тоа не успее, неговата SpaceX работи на револуционизирање и на поевтинување на технологијата за патување во вселената, со ултимативна цел да им се овозможи на луѓето да живеат на други планети

Илон Маск: Tesla Motors до 2015 година ќе


www.kapital.mk

Капитал број 801 06.03.2015

43 Од промоцијата на Model S на Tesla Motors во Британија SolarCity му помага на бизисот да заштеди користејќи „чиста“ енергија - соларни панели на SolarCity на покривот на „зелениот објект“ на eBay

Концепт-цртеж на идејата на Маск за транспорт на иднината

K пишува:

Максим Ристески

maksim.risteski@kapital.mk

Кога стрип авторите креираат ликови на суперхерои ја имаат предвид наивноста со која децата очекуваат дека може да се решаваат проблемите на светот, според која и само еден човек со супермоќ, која не мора да биде натприродна за тој да биде сметан за суперхерој, може да се избори со светските неправди ако храбро се стави во служба на општеството. Американскиот

низ вакуумски тунели со надзвучни брзини - Hyperloop

Најпродаваниот електричен автомобил на светот Tesla Model S

претприемач и иноватор Илон Маск, најпознат како извршен директор на SpaceX и на Tesla Motors, како да не го смета овој детски приод за толку наивен. Благодарение на големиот ум и на не помалиот претприемачки инстинкт, тој одамна ја доби и третата супермоќ – доволно многу пари за да ги финансира неговите детско-младешки соништа и тогаш кога инвеститорите ги сметаат за лудост, како во случајот кога почнувал со SpaceX, со амбиција да ги направи вселенските летови достапни за луѓето, односно вообичаени, со перспектива да се бара и најде резервна планета за Земјаните, во случај да останат без својата. „Никој не го сакаше, им беше чуден на луѓето, го сметаа за гениј и „нерд“, раскажува мајката на Илон Маск сеќавајќи се на неговите детски години. „На училиште ништо не можеше да научи бидејќи знаеше повеќе од учителите. По цел ден читаше. Дома го користевме како што денес ги користиме Google и Wikipedia. Имаше фотографско паметење и секогаш сè знаеше“. На радарот на ловците на таленти на IBM, Маск се појавил кога имал само десет години, и по тестирањата тие известиле дека никогаш не сретнале програмер со толку супериорни способности. Веќе на 12 години ја програмирал видео играта Blastar и ја продал. Кариерата му се забрзала кога тој и неговиот брат дошле на возраст

за отслужување редовен воен рок во Јужноафриканската Република (роден е во Преторија, ЈАР) каде во тоа време беснееле конфликти (Апартхејдот траеше до 1994). Мајка им не сакајќи да дозволи нејзините синови да го ризикуваат животот во одбрана на режимот на Националната партија (чие владеење го одбележа расната дискриминација на небелците), двајцата ги испратила во Канада (со помош на своето канадско државјанство), знаејќи дека полесно ќе емигрираат во САД од Канада, отколку од ЈАР. Илон тогаш имал 17 години, а на 19 почнал да студира во Кингстон, Онтарио (Канада), за по две години да се префрли на Универзитетот на Пенсилванија, во Филаделфија (САД), каде што дипломирал физика и економија. Во 1995 година се преселил во Калифорнија со цел да стекне докторат од областа применета физика на Универзитетот Стенфорд, но, студиите ги напуштил по само два дена, откако сфатил дека го забавуваат остварувањето на неговите амбиции поврзани со интернетот, со обновливата енергија и со истражувањето на космосот. Во овие области Илон Маск ја гледал перспективата на темелното менување на светот кон ослободување на луѓето, особено од заканите за уништување на човештвото од некоја голема природна катастрофа или од еколошка неосвестеност.

е вреди колку Apple - 700 милијарди долари


www.kapital.mk

Капитал број 801 06.03.2015

44

Технологии и бизнис

Од Zip2, преку PayPal, до SpaceX...

Со својот план почнал таму каде што е најевтино меѓу трите области на неговиот иноваторски и претприемачки интерес - на интернет. Во 1995 година додека интернетот за широката јавност претставуваше само иднина, Маск развил интернет градски водич за весникарската индустрија. Неговата компанија Zip2 потпишала договори со New York Times и со Chicago Tribune, а во 1999 година Compaq (поранешната компјутерска компанија) ја купил за 307 милиони долари во пари, и 24 милиони во акции, од што Маск добил 7% или 22 милиони долари. Време е за следно ниво, си рекол Илон, или, да ги употребиме неговите зборови - „парите се само бројка во базата на податоци“. Истата година кога ја продал Zip2 станал соосновач на X.com, компанија за онлајн финансиски услуги и за плаќање преку и-меил. Година подоцна (2000), X.com се споила со компанијата Confinity, што ја нудела услугата за трансфер на пари PayPal, па, бидејќи новоформираната компанија за свој фокус ја земала оваа услуга, во 2001 година од неа го презела и името PayPal. Брзорастечката компанија веќе во октомври 2002 година ја купил eBay, за 1,5 милијарди долари во акции, од кои Маск, кој пред продажбата поседувал најголем дел од акциите на PayPal (11,7%), добил 165 милиони долари. Истата година, неколку месеци пред официјализирањето на продажбата на PayPal, Илон Маск конечно конкретно вложува во својот сон - ослободување на човештвото од зависноста од планетата Земја. Во јуни

2002 година ја основа компанијата SpaceX (Space Exploration Technologies), вложувајќи 100 милиони долари од своето дотогашно богатство. „Веројатно еден ден астероид или супервулкан ќе нè уништи, а ние и самите секојдневно си создаваме потенцијални опасности - смртоносни вируси што може да ни излезат од контрола, случајни минијатурни црни дупки, катастрофични последици од глобалното затоплување, или некои други, сè уште непознати закани. Порано или подоцна ќе мораме да ја напуштиме оваа мала планета ако не сакаме да изумреме“, размислува Маск. На веб-страницата на SpaceX стои дека компанијата е основана за да ја „револуционизира технологијата за патување во вселената, со ултимативна цел да им се овозможи на луѓето да живеат на други планети“. Меѓу многубројните успеси, од кои повеќето се пресвртници во историјата на астронаутиката, во SpaceX особено се горди што се единствена приватна компанија што успеала да испрати вселенско летало во земјината орбита и успешно да го врати на Земјата (декември 2010); и прва приватна компанија што своето вселенско летало Dragon го поврзала со Меѓународната вселенска станица, кое таму доставило и на Земјата оттаму вратило товар (мај 2012). Според договорот склучен со NASA (National Aeronautics and Space Administration) во 2008 година, а вреден 1,6 милијарди долари, SpaceX спроведува мисии за снабдување на Меѓународната вселенска станица (договорот предвидува најмалку 12). Веќе

во блиска иднина (најавите се за годинава), компанијата ќе почне да испраќа и човечки екипаж на своите мисии – споменатото летало Dragon е дизајнирано со ваквата можност на ум, и SpaceX според договор со NASA на 440 милиони долари, во моментов ги прави последните модификации (на леталото) за можноста да се оствари. SpaceX е најбрзорастечка компанија во бизнисот со транспорт на товар во вселената, а досега има педесетина успешни лансирања, што претставува околу 5 милијарди долари заработени од договори кои вклучуваат и комерцијални летови, и NASA мисии. Во моментов, во фаза на развој е Falcon Heavy, што ќе биде, според тврдењето на Илон Маск, најмоќната ракета во светот. Во меѓувреме, компанијата работи следејќи ги своите главни цели: развивање на ракети за повеќекратна употреба – подвиг што ќе го трансформира истражувањето на вселената со помош на високо квалитетни и безбедни летала, но, што ќе подразбираат радикално помали трошоци. За оптимизирање на расходите (целта на Маск е да ги направи вселенските летови достапни) SpaceX не работи со надворешни добавувачи, односно, сè што е потребно за проектите на компанијата се изработува во нејзините погони, вклучително и најсложената компонента од едно вселенско летало - моторите. Како резултат, компанијата нуди најниски цени во космичката индустрија и осетно помало време потребно за развој на една ракета. Неговиот ментор и прв потпре-тседател за развој на бизнисот во SpaceX, претприемачот,

Маск: Парите се само бројка во базата на податоци


www.kapital.mk

Капитал број 801 06.03.2015

45

инженерот и консултантот во воздухопловната индустрија, Џим Кантрел, го потврдува погоре кажаното со изјавата: „Тој (Маск, н.з.) употребува милијарда долари за да го направи она што NASA не би можела ниту со 27 милијарди“. Во последно време вниманието на јавноста особено го привлече информацијата дека Google ќе вложи милијарда долари во SpaceX (во замена за 8.333% од компанијата на Илон Маск, со што вредноста на последната беше одредена на 12 милијарди), со цел да донесе интернет врска и во најзафрлените краишта на светот. Ова треба да се постигне со најавеното (од страна на Маск) лансирање на над 700 комуникациски микросателити.

... од Tesla Motors до SolarCity и Hyperloop

Компанијата за електрични возила, Tesla Motors, е основана во 2003 година во Силиконската долина од страна на неколку инженери, на кои година подоцна како инвеститор им се приклучува Илон Маск. Во Tesla Motors имаат визија споредлива со онаа на SpaceX во индустријата на која и припаѓаат – да го забрзаат преминот на светот кон ерата на одржлив транспорт. Неодамна Маск го привлече вниманието со изјавата дека Tesla Motors до 2015 година ќе вреди околу 700 милијарди долари, што е вредноста што денес ја има Apple. На изненадените (од изјавата) не им оди во прилог досегашната оствареност на визиите на првиот човек на Tesla, кој, на пример, кога дојде во оваа компанија малку кој веруваше дека ќе има успех и со електричните автомобили, но, таа денес е исклучително успешен производител на истите. На економските анали-

тичари кои се обидоа низ конкретна математика да ги објаснат очекувањата на Маск за раст до вредност од 700 милијарди, тој самиот им „помогна“ велејќи дека сè што треба да направи Tesla, е до 2025 година да продава милиони возила годишно. А со оглед на сегашната продажба што се движи околу 10 илјади (годишно), растот треба во наредните десет години да не паѓа под 50% (повторно годишно). За оваа цел ќе биде неопходно сериозно вложување во придружната инфраструктура, во согласност со најавите од Tesla дека паралелно со САД, и во Европа ќе се шири мрежата на станици за полнење на батериите на електричните автомобили. Илон Маск во наредниот период го најави претставувањето и на Tesla „домашните“ батерии, кои, според пишувањето на реномираниот портал за технологија, The Verge, ќе овозможуваат доволно енергија за едно домаќинство да може да си ги задоволи седмичните потреби. „Батериите би биле долги и рамни, дебели пет инчи, би се закачувале на ѕид, би имале некоја убава маска, интегриран инвертер, и би работеле по принципот „plug and play““, изјави Маск. Деновиве излезе информацијата и дека уште еден амбициозен проект на Илон Маск, Hyperloop, претставен пред неполни две години како концепт за транспорт на иднината што во својата основа има вакуумски тунели низ кои посебни возови ќе се движат со надзвучни брзини, добива конкретни контури. Hyperloop Transport Technologies (компанија основана за развој на концептот на Маск) најави дека до 2016 година ќе изгради транспортни цевки за Hyperloop во должина од 8 километри, во долината Кјуаи,

во Калифорнија. Не може да не се спомене и SolarCity, концептот за „сончева“ компанија каква што (под споменатото име) е основана во 2006 година по сугестија на Илон Маск, а од страна на неговите братучеди Линдон и Питер Рајв (Маск е претседател на компанијата). SolarCity и Tesla ги поврзува мотивацијата на Маск да ги финансира поради

Елон Маск во Dragon

V2, што на астронаутите ќе им овозможи „меко“ слетување, за да може и леталото повеќекратно да се употребува Со ракетата-носач Falcon 9, со чија помош се врши достава до Меѓународната вселенска станица Со претседателот на САД, Барак Обама, на лансирањето на Falcon 9 во 2010 година

желбата да помогне во борбата со загадувањето, односно, со глобалното затоплување. Во јуни 2014 година компанијата најави план за изградба на нов производен објект во Бафало, Њујорк, што ќе биде најголема соларна централа во САД и една од најголемите во светот. SolarCity на своите клиенти им дава соларни панели и под наем, по цена пониска од износот што би требало да го платат на добавувачот на електрична енергија, при што клиентот остварува заштеда, а SolarCity заработува продавајќи го вишокот струја. nnn

Компатибилни и оригинални тонери и кертриџи со врвен квалитет, професионална услуга и брза испорака.

КРЕАТИВА.инк  тел.+ 389 2 32 33 132  www.kreativa.ink


www.kapital.mk

Капитал број 801 06.03.2015

46

CEO Profile

Паскал Сорио

К

извршен директор на AstraZeneca

Кога Паскал Сорио беше назначен за извршен директор на AstraZeneca во 2012 година, фармацевтскиот гигант беше во лоша “здравствена состојба“ во споредба со нејзините европски конкуренти. Една од главните причини за падот на профитите – пад од 31% во 2012 година – беше истекот на периодот на ексклузивноста на голем број фармацевтски патенти, вклучувајќи го и Crestor (за борба против холестеролот) и Nexium (лек против болки во стомакот), без да има нови продукти што ќе ги заменат. Накусо, AstraZeneca, долго време не инвестираше во истражување и развој како што треба. Ова беше “дијагноза“ која што Сорио мораше веднаш да ја постави. Прво, тој објави дека компанијата ќе мора да отпушти околу 2.300 вработени. Мнозинството од овие луѓе беа вработени во производните погони на AstraZeneca. Тој предложи рефокусирање на иновациите во областа на срцевите заболувања, дијабетес, онкологија, респираторни болести и воспаленија. Исто така, објави планови за забрзување на експанзијата на Moderna, биотехнолошка компанија и соработката со Karolinska Instutet универзитетот од Шведска. Друга иницијатива беше да се пресели седиштето на компанијата каде што е центарот за истражување и развој во Кембриџ, В.Британија, кој што со децении е расадник на перспективни, талентирани научници. Резултат од овој потег би било, рече тој, лансирање на 10 нови лекови до 2020 година. И на крајот, предложи AstraZeneca да се насочи кон пазарите во развој, главно Кина, регион што во време на неговото назначување за шеф на компанијата, “тежеше“ околу 4,4 милијарди долари. Сорио исто така мораше да донесе неколку тешки одлуки околу реструктурирањето на бизнис операциите на AstraZeneca. Една од тие одлуки беше да се затвори

Враќање кон иновациите капацитетот за истражување и развој во Алдерли Парк, Британија. Но, овој чекор беше дел од неговиот план за понатамошен развој на компанијата како целина. Во 2013-та, AstraZeneca отвори нов, ултрасовремен, центар за истражување и развој во Кембриџ, овозможувајќи им со тоа на научниците вработени во компанијата да имаат полесен пристап до изобилството на академски персонал и претприемачи во овој престижен универзитетски центар. Сорио рече во таа прилика дека “Кембриџ ќе биде дел од научно-истражувачки центар, опкружен со најпрестижните институции во светот“. “Златниот триаголник на Кембриџ, Оксфорд и Лондон може да се натпреварува на глобалната сцена. Ние сме многу посветени на тоа да бидеме во овој Златен триаголник, тоа е едно од најпрестижните места во светот“.

Посветеност кон развој на нови лекови

Во 2013-та, Сорио реши да го заживее развојот на лекот против рак на јајцеводите, Olaparib, кој што беше ставен во фиока откако не успеа да ја помина втората фаза од тестирањето. Тој рече: “Кога го видов

Olaparib,тоа за мене беше јасен пример на добра наука споена со лош менаџмент.. Што е клучно, тимовите задолжени за комерцијализација на лекот, не беа доволно енергични“. Денес, откако фирмата го врати фокусот на онкологијата, лекот е меѓу најветувачките продукти, како во делот на третманот на канцер, така и во поглед на потенцијалот што го има да ја инсталира AstraZeneca повторно како предводник во развојот на лекови против канцер. Уште еден продукт, Brilinta, лек развиван за третман на срцеви заболувања, беше ставен во фиока пред Сорио да стане директор. Но, денес, откако развојот и истражувањето повторно се ставени на прво место во фирмата, Сорио предвиде дека лекот ќе донесе приходи од речиси три милијарди долари до крајот на 2014-та. Како своевиден печат на посветеноста на Сорио да се засили истражувањето и развојот, AstraZeneca насочи 50% од истражувањето кон биологијата, а исто така ги разгледува опциите за изнесување на овие производи на пазарот. Сорио рече: “Направивме добар прогрес, до 2016 планиравме девет проекти да бидат во последна фаза од развојот, но ќе имаме 12“. Сорио исто така истакна дека Astra-

Резултати: До 2016 година 12 нови лекови


www.kapital.mk

Капитал број 801 06.03.2015

47 AstraZeneca

1999

формирана со спојувањето на шведската Astra и британската Zeneca

18,8 1,88

милијарди евра приход во 2013

Кога Паскал Сорио дојде на чело на AstraZeneca, компаниските профити беа во слободен пад. Сега, фармацевтскиот гигант е во доволно силна позиција да одбива дури и лукративни понуди за преземање

милијарди евра чиста добивка во 2013

50.000 7- ма вработени

Zeneca ќе се насочи многу поагресивно кон пазарите во развој. Тој верува дека фирмата има многу што да понуди во регионите како што е Југоисточна Азија, каде што доста чести се кардиоваскуларните болести и дијабетесот, но во моментов не се искористени потенцијалите од поголемите фармацевтски играчи.

Спојувања и преземања

Сорио има искуство во спојувања и преземања на компании, почнувајќи со преземањето на Roussel Uclaf од страна на Hoechst. Исто така беше вклучен и во зделката кога се продаде Aventis на Sanofi. Неговиот претходник во AstraZeneca, Дејвид Бренан, настојуваше да го премости недостигот на истражување и развој преку аквизиции, првенствено со идејата за купување на Medimmune, американска биотехнолошка фирма. Зделката, меѓутоа, не наиде на добар одзив кај инвеститорите

и спојувањето практично никогаш не ги даде ефектите. Откако го назначија за извршен директор, Сорио рече сфати дека интеграцијата не функционира и нареди децентрализација на Medimmune, и нејзино реинсталирање како автономна подружница. Во април 2014-та, американскиот фармацевтски џин Pfizer понуди 87 милијарди евра за преземање на AstraZeneca. Но, Сорио не беше заинтересиран. Во суштина, понудата беше многу добра, но тој мислеше дека има подобар план. А, клучната компонента на тој план се вика AZD9291, фармацевтска состојка што може драматично да ја редуцира големината на туморите на белите дробови, и веројатно, со понатамошно тестирање, и останати типови на канцер. Сорио рече дека ова е состојка што би можела од лабораторија до пациентите да стигне за рекордно кратко време. “Ова би можело

најголема фармацевтска компанија во светот според продажба да биде најкраткиот развој на еден лек во индустријата“. А, комерцијалниот ефект од AZD9291 е предвиден на 2,2 милијарди евра од продажбата. И додека Pfizer го заскокотка светскиот фармацевтски бизнис со својата понуда, Сорио прогнозираше дека компанијата што ја води треба да има 33 милијарди евра годишен приход до 2023 година. А, таа бројка ги убеди инвеститорите и акционерите дека компанијата подобро ќе се снајде сама, одошто во составот на поголема “ајкула“ од неа. nnn


Капитал број 801 06.03.2015

48

www.kapital.mk

нА РУЧЕК СО...

Денко Малески професор и прв министер за надворешни работи на Македонија

Потребна е поголема самокритичност во надворешната политика Приказната на семејството Малески, како и личната приказната на самиот Денко Малески е долга и широка. Сепак и покрај многубројните интересни аспекти од приватниот и службениот живот, ручекот со Малески го искористивме и за добивање коментар за актуелни состојби и теми за кои нашиот соговорник и тоа како има што да каже

за надворешната политика: Просто не ми се верува дека д


www.kapital.mk

П

Капитал број 801 06.03.2015

49

разговара и фотографија:

Дејан Азески

dejan.azeski@kapital.mk

Повозрасните на него се сеќаваат како прв министер за надворешни работи на независна Македонија. Пошироката јавност го препознава како лице од телевизиските екрани и како еден од најредовните коментатори и аналитичари на надворешната и општо меѓународната политика. Но тој лично најмногу се гордее на она по што го препознаваат илјадниците студенти кои поминале низ неговите клупи, како стабилен професор со неисцрпна енергија и ентузијазам за пренесување на знаењето на помладите. Денко Малески во опширното интервју за Капитал на штедеше зборови за да ја отслика, прикаже и раскаже сета современа македонска историја уште од ослободувањето во 1945 година па се до денес. Историски период во кое неговото семејство и тој самиот имаат одиграно навистина голема улога и согласно за тоа нашиот овонеделен гостин Малески има навистина што да раскаже.

Од генерацијата на татко ми имаше навистина многу што да се научи

Веројатно многумина Денко Малески го препознаваат и како син на познатиот македонски писател и дипломат Владо Малески. Станува збор за авторот на текстот на македонската химна, авторот на сценариото на првиот македонски игран филм Фросина,на неколку романи и збирки раскази и трикратен Југословенски амбасадор во Либан, Етиопија и Полска. Неговиот син на него се сеќава како генерално на многу ангажиран човек. „Едноставно татко ми Владо беше постојано зафатен бидејќи постојано твореше. Во сеќавањето ми се врежани утрата кога ќе ја отворев неговата зачадена работна соба. Тој често седеше и по цела ноќ, а резултатите од неговата работа се гледаа насекаде низ собата – ракописи распослани по масата. Тој беше дел од една генерација ентузијасти на македонски

Од богатото мени на Тренд одбравме: l шпагети со ракчиња

Нешто и за себе „Јас и Мирјана веројатно сме меѓу првите во Скопје кои почнаа да џогираат. Зборувам за период од пред 35 години. Се сеќавам дека тогаш за здравиот живот на Запад почна да се зборува како последица на огромната популарност на подготовките на космонаутите за лет во вселената. Ние, веројатно, бевме меѓу првите во Македонија до кои проби оваа идеја и еве и ден денеска ја практикуваме. Покрај џогирање и успешните академски кариери на два универзитети во Македонија и како визитинг професор во САД, Малески и сопругата успеале да создадат и успешно семејство кое денеска брои три ќерки и пет внуци кои Малески ги смета за свое богатство и вистински вредно наследство. повоени уметници, основоположници на македонскиот литературен јазик и литература. Се сеќавам на една негова ретка особина: се радуваше на туѓите успеси. Едноставно беше човек без суета и уште паметам со која радост и гордост зборуваше за делата на помладите од него автори како Чинго, Анте, Радован и многу други “ Малески помладиот на својот татко му е благодарен и поради можноста која му ја пружил да ја научи дипломатијата најизворно на самиот терен. „Јас бев некаде на десет годишна возраст кога почнавме да се селиме заедно со мојот татко. Учев училиште во Бејрут на крајот на педесеттите години. Во времето тоа беше еден од најризичните градови во светот – земјата тукушто беше излезена од граѓанска војна која беше сопрена со американската интервенција. Се сеќавам со кој пиетет арапите аплаудираа на секоја слика или видео материјал од Хитлер како заколнат еврејски пријател. Ги учев и првите лекции од политиката. Се сеќавам и на моментите кога Насер ја создаде Обединета

Арапска Република и кога неговите слики луѓето ги носеа на раце и плачеа од среќа. Но уште позначајно се сеќавам дека не цели две години подоцна истите тие луѓе ги кршеа од земја истите тие слики на истиот Насер. “ Уште поинтересна приказна за Малески е дека неговата матура ја има завршено во Адис Абеба, а дипломата му ја има доделено лично кралот на Етиопија Хајле Селасие. „Од денешна перспектива сето ова изгледа навистина уникатно но во тоа време беше сосема нормално. Бидејќи имаше огромна неписменост кралот ги доделуваше дипломите на сите завршени средношколци. Југословенската амбасада каде што ние живеевме беше подарок од кралот и непосредно до кралската палата. Тоа беше така поради блискоста на Тито со Селасие .“

Независноста на Македонија низ очите на дипломатите

Денко Малески по враќањето во Скопје гради успешна академска кариера и станува еден од најмладите професори

дојде време кога Македонија не сака да влеза во НАТО и ЕУ


www.kapital.mk

Капитал број 801 06.03.2015

50

нА РУЧЕК СО...

на тогаш престижниот правен факултет во Скопје. И самиот признава дека сето она што го донесол како искуство и знаење од неговиот живот надвор од Југославија набрзо морал да го поттисне поради очигледните ограничувања кои во поглед на слободната мисла ги наметнувало тогашното општествено политичко уредување. „Никогаш не се вклопив во званичната и д е ол о ги ј а и д о п и р от со н е а ми предизвикуваше нелагодност. Но, како што притискаше кризата во Југославија така повеќе се бараа луѓе кои размислуваа поразлично – моите либерални идеи добија на цена. Така да јас помеѓу 1985 и 1991 бев постојано присутен во јавноста. Од таа активност покрај бројните радио и телевизиски настапи и бројни печатени интервјуа можам да го издвојам прирачникот за демократија кој, во форма на редовни колкумни,го објавував во дневниот весник „Вечер“. Таму ги објаснував поимите како плурализам, повеќе партиски систем, либерална или конзервативна политика и слично кои во пошироката јавност не беа познати и од кои луѓето се плашеа. Веројатно од сета таа моја активност дојде и понудата да бидам прв министер за надворешни работи, функција која де факто и не ја прифатив,само реков дека ќе размислам што беше доволно за предлагачите да ме назначат. Едноставно времињата беа такви - бурни и брзи“ Судбината ќе посака дипломатското искуство кое Денко Малески го печел покрај неговиот татко да треба да го искористи во најзначајниот момент од современата македонска историја, односно за време нејзиното осамостојување и првично меѓународно признавање. „ М а ке д о н ското ми н и с те р с т в о з а надворешни работи требаше да се создаде од Комитетот за односи со странство во Скопје. Позначајните македонски дипломати работеа во Белград, во сојузното министерство за надворешни работи. Се сеќавам кога прв пат отидов на работа на најгорниот спрат од денешниот завод за статистика. Кога влегов во лифтот на кој веројатно му фалеа кочници и кога тој се залета со сета сила нагоре помислив дека побрзо ќе излетам низ кровот отколку да стигнам на работното место. Токму во таа предвоена зграда, со валкан хол, со малку персонал, без факс и со луѓе кои со страв креваа телефони за контакти со странство, тргна меѓународното признавање на Македонија“ Неминовно тука ни се наметна и прашањето за односот на соседите кон македонското прашање во клучниот историски момент. „Односот на соседите како тогаш така и сега не е променет. Се сеќавам на средбата со грчкиот конзул во Југославија со седиште во Скопје. Директно го прашував дали во моите политички погледи и во оние на претседателот Глигоров може да најде било каква забелешка. Рече дека таква

Хајле Селасие му доделува диплома за завршено средно образование на Малески

Малески, горд на своето семејство

забелешка нема. А на моето следно прашање во што е тогаш проблемот, тој ми одговари: Кај вас има и други поинакви луѓе со подруги идеи и размислувања, а таквите како вас и Глигоров се во малцинство. Еве повеќе од две децении подоцна констатирам дека барем во тој сегмент бил во право“

Перспективите на нашата земја

Конечно дојдовме и до актуелните состојби во нашата држава која 24 години по независноста повторно се соочува со предизвици кои се сериозна закана за нејзиниот суверенитет, интегритет и општо нејзиното постоење. Еве како на овие состојби гледа самиот Малевски. „Ние со претседателот Глигоров уште од самиот почеток се водевме од мислата на Черчил дека одложената војна може да биде и избегната војна. И навистина со таа политика Македонија создаде држава без војна. Мораме да бидеме самокритични кон сопственото поведение. Само на таков начин може да влијаеме на односот на другите кон нас инаку нелогично е да се надеваме дека ќе примораме некој однадвор да ја смени политиката. Од денешна перспектива дури се чувствувам како лажго што толку убедително им тврдев на светските политичари и дипломати дека Македонија ќе стане модерна европска држава свртена кон иднината а не кон

минатото. Нашата сегашна политика на многу лош начин ме демантира“ Тука секако неизоставен дел е и меѓународната позиција на земја и насоките на нашата надворешна политика која во последно време е се понејасна. Тука професор Малески како прв министер за надворешни работи упатува експлицитни упатства до неговите помлади колеги. „За мене едноставно несфатливо е дека дошло време во кое ние не сакаме да влеземе во НАТО и ЕУ. Помладите колеги веројатно не знаат од каде сме ние тргнати во нашите односи со овие два сојузи. Имаше времиња кога не можевме да се доближиме до најниските претставници на тие институции бидејќи се уште во нивните очи не бевме држава. Јас буквално имам објаснувано на состаноци и конференции кои се Македонците и што тие всушност сакаат и убеден сум дека не ме прашуваа за да ме понижат туку дека во тој момент навистина не знаеја за сите народи кои произлегоа од поранешната федерација. И сега после толку мачни дипломатски битки кои биле со единствена цел приближување на земјава кон развиениот западен свет Македонија самата да се повлекува од овааборбаенавистинанејасноинесфатливо. И многу опасно по безбедноста на државатa“ nnn

за спортот: најдобро ја троши негативната енергија




Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.