802 kapital magazin

Page 1

www.kapital.mk

dossier Како Грција дојде до банкрот? Грекономија

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ БИЗНИС ВО ДВИЖЕЊЕ

број 802 | цена 100 ден. | 13 март, 2015 | петок | година 16

Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

ЕНЕРГИЈА

анализа Економијата на шокови стана нова нормалност

www.kapital.mk

ШОКАНТНО:

100% е зголемен увозот на месо во последните осум години Домашното производство пред колапс

Анѓушев interview Кочо сопственик на Фероинвест На Македонија и е најпотребна брза гасификација на домаќинствата политика: Што странците треба да направат за решавање на кризата?




4

Капитал број 802 13.03.2015

содржина 12 cover story

Шокантно: 100% е зголемен увозот на месо во последните осум години. Домашното производство пред колапс

18 Капитал анализа

Економијата на шокови стана нова нормалност Како македонските фирми да го преживеат тоа?

22 Интервју

Филип Пинингтон

амбасадор на Канада за Македонија, Србија и Црна Гора

Eнергетскиот сектор привлечен за канадските компании

22

26 Специјален прилог

Енергија - Бизнис во движење Додека развиениот свет масовно го користи сонцето Еден куп законски пречки за влез го кочат бизнисот со соларна енергија

30 Интервју

Кочо Анѓушев

сопственик на Фероинвест

На Македонија и е најпотребна брза гасификација на домаќинствата

34

30

Енергија - Бизнис во движење

Како да го направите бизнисот енергетски ефикасен? Со енергетската ефикасност во фирмата можете да заштедите и до 80% електрична енергија

38 Капитал анализа

Што странците треба да направат за решавање на политичката криза?

Увозни батаци

Шокот стана нормалност

Дуплиран увоз на месо, десеткуван домашен сточен фонд, значително намалено домашно производство, банкротирани повеќе фирми производители и преработувачи на месо. Во кратки црти ова е состојбата во која денес се наоѓа македонската месна индустрија. Домашното производство на месо е во очајна состојба.

Времето на турбуленции, односно “хаотиката“ е новата нормалност на која треба да се навикнат бизнисите. Од кризата во 2008 година до сега светската економија едвај поврзуваше барем два квартали без да се случи некој позначаен глобален потрес. Моментите, пак, што сега ги преживуваме, можеби се најшокантни во смисла на политичка и економска стабилност.

XXСтр. 12

XXСтр. 18

Енергија - Бизнис во движење Како да го н

Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје l Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, ка Основач и директор: Љупчо Зиков l Одговорен уредник: Биљана Здравковска Стојчевска l Печати: Графички центар Скопје, ул. Скупи бб, 1000 Скопје l Тираж: 3.000 примероци l Датум на печатење:


5

42 Досие Грција

12

Како Грција дојде до банкрот? Грекономија

54 CEO Profile

Алексеј Милер Газпром

Путиновиот човек

56 на ручек со... Слободан Лазаревски

специјалист по гинекологија и акушерство

42

Секојa мојa пациентka ja советувам како да ми е мајка, сопруга или ќерка

Странска помош за домашната криза Мантрата на странците за обнова на политичкиот дијалог, се чини, и ним почна да им звучи како клише, и согледувајќи ја длабочината на политичката криза, наследникот на Филе, Јоханес Хан, соопшти дека во Македонија е прифатена понудата влијателни европарламентарци да арбитрираат, и тоа пред македонската јавност да дознае дека партиите се сложиле околу странската помош. XXСтр. 38 WWW.KAPITAL.MK

56

DOSSIER КАКО ГРЦИЈА ДОЈДЕ ДО БАНКРОТ? ГРЕКОНОМИЈА

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

XXСтр. 26

Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

Анѓушев ги потенцира бројните предности на обновливите во однос на конвенционалните извори на енергија и се залага за што подобра законска регулатива која ќе ги стимулира наместо да ги одвраќа фирмите и граѓаните од производството на електрична енергија. Сепак, тој е објективен и предупредува дека развојот на обновливите извори на енергија краткорочно не треба да значи откажување од конвенционалните.

БИЗНИС ВО ДВИЖЕЊЕ

БРОЈ 802 | ЦЕНА 100 ДЕН. | 13 МАРТ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16

Енергија од природата

ЕНЕРГИЈА

АНАЛИЗА ЕКОНОМИЈАТА НА ШОКОВИ СТАНА НОВА НОРМАЛНОСТ

WWW.KAPITAL.MK

ШОКАНТНО:

100% Е ЗГОЛЕМЕН УВОЗОТ НА МЕСО ВО ПОСЛЕДНИТЕ ОСУМ ГОДИНИ Домашното производство пред колапс

КОЧО АНЃУШЕВ INTERVIEW сопственик на Фероинвест НА МАКЕДОНИЈА И Е НАЈПОТРЕБНА БРЗА ГАСИФИКАЦИЈА НА ДОМАЌИНСТВАТА ПОЛИТИКА: ШТО СТРАНЦИТЕ ТРЕБА ДА НАПРАВАТ ЗА РЕШАВАЊЕ НА КРИЗАТА?

направите бизнисот енергетски ефикасен?

ат 6, стан бр.31 l П. ФАХ 503, 1000 Скопје 12.03.2015


6

Капитал број 802 13.03.2015 издава: Капитал Медиа Гроуп основан 1999 година основач: Љупчо Зиков бул. ВМРО бр.7, зграда 1, влез 1, кат 6, стан бр.31

тел. ++ 389 2 3280 910 www.kapital.mk www.facebook/KapitalMK

WWW.KAPITAL.MK

Претплатете се на КАПИТАЛ...

И

(СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ)

"ТЕПАЧКА" МЕЃУ БАНКИТЕ ЗА ДОБРИТЕ КОМПАНИИ. ШТО ЌЕ СЕ БАРА?

Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

БРОЈ 800 | ЦЕНА 100 ДЕН. | 27 ФЕВРУАРИ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16

дејата и визијата за тоа што сакаат да направат, беше највредниот капитал кој го COVER STORY поседуваа луѓето што ја почнаа приказната НОВИОТ РУСКИ ГАСОВОД ЌЕ за Капитал пред повеќе од 15 години. Со ЈА СТАВИ МАКЕДОНИЈА макотрпна и посветена работа на својот тим, ДА ИЗБИРА МЕЃУ ИСТОКОТ магазинот се наметна како еден од најрелевантните И ЗАПАДОТ ?! извори на квалитетни информации во Македонија и регионот, значајни за приватниот, јавниот и WWW.KAPITAL.MK невладиниот сектор. Да се биде лидер на пазарот INTERVIEW во својот сегмент е голема чест и задоволство, но и ЈАНКО МЕДЈА голема обврска кон сите што секоја недела нетрпеливо го чекаат Капитал да ги информира за економските По неколку години, НЛБ Групација со позитивни резултати. проблематики и актуелности, но, и да ги едуцира со Преструктуирањето продолжува своите содржини за најновите трендови. Капитал се чита во директорски канцеларии, Капитал INTERVIEW ВЕРНЕР ШЕРЕР се чита во кабинети на политичари, Капитал се чита СО СИГУРЕН ЧЕКОР КОН ИДНИНАТА на универзитети, институти, “тинк-тенк” центри.... ЈАВНА АДМИНИСТРАЦИЈА: ОГЛАСИ ЗА НАД 1.300 НОВИ ВРАБОТУВАЊА едноставно Капитал е секаде кај што се с о го дишна донесуваат одлуки и креираат п р е т п лата од политики и стратегии. претседател на Управен одбор на НЛБ Љубљана и претседател на Надзорен одбор на НЛБ Тутунска

претседател на Управниот одбор на EOS Group

12 месечна претплата 4.100 денари со вклучени 20% попуст

24 месечна претплата 6.100 денари со вклучени 40% попуст

COVER STORY

ДОМАШНИТЕ БИЗНИС ПОЧЕТОЦИ МЕЃУ СОНОТ И ЈАВЕТО! КАДЕ СМЕ?

АНАЛИЗА

КАКВО ФАЈДЕ ИМААТ ИЗВОЗНИТЕ КОМПАНИИ ОД ЕКОНОМСКИТЕ ПРОМОТОРИ?

COVER STORY

БАЛКАН

БЕРЗИТЕ НOСАТ НАЈГОЛЕМ ЌАР, КАМАТИТЕ НА ИСТОРИСКИ МИНИМУМ

СРБИТЕ ВО ПАНИКА! ХРВАТИТЕ ГИ КУПИЈА НАЈГОЛЕМИТЕ СРПСКИ БРЕНДОВИ

АНАЛИЗА

ЕВТИНИ ПАРИ И СЛАБА ВАЛУТАРЕЦЕПТ ЗА ПОГОЛЕМ РАСТ ИЛИ ОЧАЕН ПОТЕГ ЗА СПАС

БАЛКАН

НА ГРЧКИОТ ХАРИ ПОТЕР НЕМА ДА МУ ТРЕБА МНОГУ ЗА ДА НАПРАВИ МАГИЈА

МАГАЗИН ЗА БИЗНИС И ПОЛИТИКА

www.kapital.mk

МАГАЗИН ЗА БИЗНИС И ПОЛИТИКА

СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ

ГО ЖИВНАА ОСИГУРУВАЊЕТО НА БИЗНИСОТ

ЕВРОПА JA ЧЕКА

БРОЈ 796 ЦЕНА 100 ДЕН. | 30 ЈАНУАРИ, 2015, ПЕТОК | ГОДИНА 16

со вклучени 15% попуст

денари, заштедете

www.kapital.mk

6 месечна претплата 2.200 денари

4.100 20% БРОЈ 797 ЦЕНА 100 ДЕН. | 6 ФЕВРУАРИ, 2015, ПЕТОК | ГОДИНА 16

Во време кога квалитетната информација е најскапоцен ресурс, не дозволувајте да останете без најскапоценото. Станете и вие дел од семејството на редовни читатели на Капитал и искористете ги поволните пакети за претплата што ги подготвивме за вас.

ДОМИНО-ЕФЕКТ НА СИРИЗА

ЈАНИС ВАРУФАКИС НОВОТО ЛИЦЕ НА ГРЧКАТА КРИЗА

МАРКСИСТ КОЈ ЌЕ ГО СПАСУВА КАПИТАЛИЗМОТ

КАПИТАЛ ПРОГНОЗИРА:

ЕВРОТО И ДОЛАРОТ ЌЕ СЕ ИЗЕДНАЧАТ!

*Во цената е вклучен ддв и платена поштарина

...заеднички ја креираме додадената вредност на нашите животни проекти...


STAND BY

www.kapital.mk

Капитал број 802 13.03.2015

7

Ова е "семејно насилство" !? Репринт од 31, декември, 2013 година

Љупчо Зиков ljupco.zikov@kapital.mk http://www.facebook.com/ljupco.zikov

Клучната промена што мора да се направи, а што и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и ДУИ и ДПА, со се нивните интелектуалци, новинари, уредници, бизнисмени, судии, адвокати, пејачи, глумци, режисери, лекари и медицински сестри ... не сакаат да слушнат е промена на изборниот модел (Македонија да биде една изборна единица со пропорционален, мнозински или мешан систен на избори), да се воведе независен јавен обвинител (по можност и странец) како што ВМРО-ДПМНЕ запишало во својата прва Преродба во 100 чекори во 2006 година но не го спроведе како определба, а треба да соопштат зошто!?!?... Потоа е потребно ова општество, политички да се пресмета со криминалците во највисоките структури на сите досегашни влади во сите 25 години, софистицирани „терористи и киднапери„ кои не држат „со пиштолот во глава„ во состојба на „семејно насилство„ долго време.

1.

Нема да се потресам нешто специјално денес околу честитање и посакувања за новата година! Премногу јад и чемер на нашите души ... Живееме во фрустрирано, некреативно и глупаво општество. Многу работи се криво насадени овде ... од 1990 до денес.

Годинава што денеска си оди ја одбележаа говорот на омразата, отсуство на перспективи на младите луѓе, занимавање со сопствените фекалии во дваесет и три години независност. Резултат на ова е - постојаниот егзодус на македонските граѓани кои секојдневно се исселуваат од својата земја поради очај и

Сите ние се чувствуваме како лудаци прикачени на рингишпил! Знаеме дека нешто смрдено се случува, а не знаеме што е ... И додека тапо гледаме во недефинирана точка во небото, тие ни приредуваат бесрамни забави, и во исто време не пљачкаат во името на Европа, НАТО и во името светлата иднина на Македонија, во која, замислете, одамна се што може да влече избегало. Како што неодамна ми вели еден „мал коалиционен партнер„. Додека тие крадат, ние чуваме стража ...!? Ни, е...а мајката ...


www.kapital.mk

Капитал број 802 13.03.2015

8

патот напред

неперспективност! Сите анкети на јавното мислење кои се спроведуваат во Македонија без разлика од која партија се мотивирани во едно се согласуваат. Дека најголеми проблеми во Македонија се невработеноста, сиромаштијата, ниските приходи на оние што работат, отсуство на перспективи за младите луѓе ... За сите овие феномени кои го убиваат ентузијазмот во нас да продолжиме да ја работиме чесно во нашата татковина во последно време многу говорам на трибините низ целата земја каде со Алијансата за Позитивна Македонија отвораме канцеларии и правиме оснивачки собранија. Последниот таков настан го организиравме во Куманово каде на кумановци им реков дека ниту во најлошиот сон не ми дојде фактот дека во 21 век егзистенцијалната судбина на македонскиот граѓанин, наместо да биде поврзана со сопствена успешна домашна приказна, ќе биде поврзан со заработување надница во Авганистан и Ирак. На печалба во Кабул и во Багдат. Но, оваа трагедија на мојот народ не е случајна. Ваквиот егзодус е производ на заложничката драма што ни се случува во овие две децении потиснати под јаремот на двете македонски, двете албански партии, на стотина газди производ на транзицијата и на уште дваесетинатриесет таканаречени интелектуалци и колумнисти современи душегрижници лешинари кои секојдневно, неподносливо и фрустрирано гласно дерејки се во недостаток на аргументи и убави мисли, гризаат од телото на нашата одамна мртва демократија. И тоа го викаат отворено општество! Манипулатори и лоши луѓе.

2.

Минатата недела бев гостин на емисијата на Миленко Неделковски на која беше и Панде Колемишевски контраверзниот директор на НИП Нова Македонија од почетокот на деведесеттите, кој за мојата генерација ќе остане главен оверувач и записничар на „злочинот со приватизацијата„ и некои други транзициски проекти од раните деведесеттите производ на власта на СДСМ, но помогнати од други партии и матни ликови ! Период во

кој денешните полнолетни генерации беа „зачнати во колосален грев„! Легална (си ја гласаа во Парламентот), но не и легитимна приватизација. Многу криминали во тоа време кои се слушуваа пред очите на Колемишевски и блиску до неговите уши не најдоа место во неговите коментари со кои тој ја градеше својата „бардовска„ кариера. Колемишевски тогаш беше моќен човек и долго време човек од доверба на Киро Глигоров и Бранко Црвенковски речиси до 1998 година кога СДСМ замина од власта! И сега, замислете, тој пред пет дена не убедуваше нас неколкумина во студиото на Неделковски и целата македонска јавност на кој начин бил формиран Фондот за отворено општество и Дневник. Оснивачите на Дневник ги нарече „криминална група„ кои спроведувале антимакедонска агенда! Демек тој, Црвенковски и Глигоров не знаеле!!?? Индиректно така не нарече и нас кои тоа време бевме новинари во Дневник и таму го вадевме лебот. Па вели ти Зиков си бил млад и ништо не си знаел!!! Која иронија. Кој неранимајко е овој човек. Каков говор на омраза од страна на таканаречениот „бард на македонското новинарство„ Панде Колемишевски. Од каде оваа погана енергија? Не е јасно што го мотивирало Панде Колемишевски во петокот пред многубројната македонска јавност која ја гледа оваа емисија, да експлодира како „човек бомба„ и да разнесе толку злоба! Кога сите знаат дека во деведесеттите години до 1998 година, а и потоа тој беше и остана апологет на Бранко Црвенковски. Исто како и Владимир Милчин дваесетгодишниот директор на фондацијата формирана од американскиот филантроп Џорџ Сорос. За оваа Фондација никогаш немав некое високо мислење оти сметам дека не е во ред и е дволично и безобразно агресивно да се бори за демократија во Македонија, а да нема демократски капацитет во дваесет години да си го промени директорот и пар „вечни„ луѓе таму. Чисто заради свежина и поголем кредибилитет во јавноста. Оти тие и немаат некоја специјална задача освен да трошат пари што не ги заработиле! А тоа

може секој да го прави. Да се троши толкав интелект како Милчин за безобразно расејување и трошење на туѓ кеш од што денес гледаме дека немало никаков ефект е во најмала мерка несериозно. Од Милчин нели треба да видиме и добри театарски претстави. Да бидат и гледани се разбира. Но, ајде тоа сепак си е нивна работа и проблем на Џорџ Сорос. Сепак, нека си ги приберат мислите и тезите оти не можат мене, и многумина од мојата генерација да не убедат дека има некоја голема длабочина и смисла во тоа како и за што се залагаат!? Но, да се вратиме на Панде и неговите вратоломии ... Опасно за Македонија е што овој неслучаен човек денес зборува и јавно клевети што пишувале новинарите на Дневник пред дваесет години и „какви агенди„ спроведувале оснивачите и новинарите. Тоа е апсурд! Тоа беа години кога паѓаше Бранко Црвенковски (1998 година на падот на СДСМ од власт), а паѓаше и НИП-от за волја на вистината! Да Дневник во овие операции имаше силно ушество оти ги сметаше за демократски. И денес лишно сметам дека периодот од 1996 до 2000-та година беше можеби и најдемократскиот период за Македонија. Се разбира ни менаџер со габарите како Панде, со огромна политичка и финансиска моќ во џебот во тоа време не можеше да го спаси овој „монструм од комунизмот„ НИПот! Панде и неговите пајташи од НИП-от кукаа и редеја над судбината што ги снајде оти со Бранко си одеја и тие во 1998. Ги губеја стекнатите привилегии – огромни кабинети, шофери, возила, секретарки ... Читајте ги колумните на Панде во Нова Македонија, следете ја неговата уредувачка политика и таму, и во Вечер, и во Пулс. Читајте ги колумните и на останатите во НИП-от од 1990 до 1998, па и до 2000 и 2001 година. Фатаморгана! Нема да ви се верува на очите што ќе прочитате од нив тогаш. А што читате и слушате од нив денес!? Ете токму затоа велам дека македонската јавност е во заложничка драма кај две македонски и две албански партии, и кај дваесетина


www.kapital.mk

Капитал број 802 13.03.2015

9

Кабул - Авганистан

Колосален цивилизациски срам и пораз е, во 21 век основната егзистенцијалната судбина на илјадници македонскиот граѓанин, наместо да биде поврзана со сопствена успешна домашна приказна, да биде Авганистан и Ирак. На печалба во Кабул и во Багдат. Оваа трагедија на мојот народ не е случајна. Ваквиот егзодус е производ на заложничката драма што ни се случува во овие две децении потиснати под јаремот на двете македонски, двете албански партии, на стотина газди производ на транзицијата и на уште дваесетина-триесет таканаречени интелектуалци и колумнисти, но лешинари кои секојдневно, неподносливо и фрустрирано гласно дерејки се во недостаток на аргументи и убави мисли, гризаат од телото на нашата одамна мртва демократија триесет таканаречени интелектуалци, уредници, новинари и колумнисти кои „затуцано„ и некреативно ја одржуваат внатрешната температура на овој мал простор да биде висока, а не отвораат прозори за луфтирање. Се разбира во такви услови како што гледате засмрдевме. Корнеме. Бздиме на Балканот и во Европа. Уништените генерации под јаремот на овие неранимајковци имаат само една шанса. Да избегаат од земјата. Егзил. Бела чума. Мора да дојде до промена на изборниот модел (Македонија да

биде една изборна единица), да се воведе независен јавен обвинител (по мозност и странец) како што ВМРО-ДПМНЕ запишало во својата прва Преродба во 100 чекори во 2006 година но не го спроведе како определба, а треба да соопштат зошто!?!?... Потоа ова општество, политички да се пресмета со ваквите непродуктивни елементи, кочничари, софистицирани „терористи и киднапери„ кои континуирано 25 години не држат „со пиштолот во глава„ во нашето општество,а и како железни топки си ги носиме закачени околу вратот

претерано долго време. И како кошмарни сонови ни се повторуваат во некаков магепсан круг! Сите ние се чувствуваме како лудаци прикачени на рингишпил! Знаеме дека нечто смрдено се случува, а не знаеме што е ... И додека тапо гледаме во недефинирана точка во небото, тие не пљачкаат воимето на Европа, НАТО и во името светлата иднина на Македонија, во која, замислете, веке никој кому му е важно тоа, одамна не живее ... Ни, е...а мајката ... nnn


www.kapital.mk

Капитал број 802 13.03.2015

10 НАВИГАТОР

ИЗЈАВА НА неделата

Еврото и доларот ќе се изед

> БРОЈКА

30%

падна врдноста на еврото во однос на доларот во последните 11 месеци

Марио Драги

претседател на Европската централна банка

Економското опоравување на еврозоната фаќа замав. Стимулативните мерки ќе ја стабилизираат инфлацијата и ќе ја приближат на целното ниво

Е

вропската валута го достигна најниското ниво во последните 12 години но според проценките на аналитичарите, еврото ќе продолжи да паѓа и во следните неколку недели ќе се изедначи со доларот. Главниот стратег за валути на Societe Generale, Себастијан Гали оценува дека овој тренд е резултат на интензитетот на програмата на Европската централна банка и според него, паритетот меѓу европската и

победник на неделата

Две странски и една дом компанија во трка за ФЗ Лери Пејџ

+

Кај Google, американската компанија за интернет услуги и продукти преку која се вршат 90% од светски пребарувања на интернет, во рецептот за успех (на компанијата) една од најважните состојки несомнено е начинот на кој ги третира своите вработени. Неслучајно шеста година по ред на листата на компании кои се најдобри работодавачи, а што ја изготвува американскиот бизнис магазин Fortune, Google останува на првото место. Според методологијата што ја користи Fortune, компанијата чиј извршен директор е Лери Пејџ брилјира кога се во прашање платите и бонусите за вработените, но, и начинот на вработување, методите за интерна комуникација, обуките, кредибилитетот на менаџментот, целокупното задоволство од работата ... Фотографиите од објектите во кои работат „гуглерите“ низ светот изнудуваат воздишки, и веќе одамна е познато дека Google е компанија чиј пример го следат и многу други (особено во ИТсекторот). Вработените во Google добиваат бесплатни оброци (по желба, и зготвени од врвни готвачи), бесплатно фризирање, професионална масажа, сала за вежбање, миење на возилата, дел од работното време може да го искористат за лични проекти неповрзани со компанијата (од што се покажало дека компанијата има огромна корист - многу од тие проекти ако успеат стануваат дел од портфолиото на Google)...

Е пишува:

Александар Јанев

aleksandar.janev@kapital.mk

Една компанија од Русија, друга од Турција и една од најголемите домашни фирми за производство на цевки се во игра да станат мнозински сопственик на кумановската фабрика за цевки, 11 Октомври, дознава

Капитал. Акциите на оваа компанија по втор пат се огласени на продажба откако во декември лани ниту еден инвеститор не покажа интерес да стане нејзин доминантен сопственик. Се продаваат 234.158 обични акции со право на глас што се во сопственост на Експорт Импорт банката која е во стечај, по почетна цена од 500 денари што е за 78% пониска во споредба со претходниот оглас кога истите акции се понудија на продажба по 51,13 евра. Како што дознаваме, цената на акциите овој пат е одредена според највисоката понуда од претходниот оглас. Тоа значи дека на јавното наддавање на 24 март, доколку има само една понуда и таа биде прифатена по почетната цена од огласот,инвеститорот ќе треба да одвои 1,9 милиони евра за да стане доминантен сопственик на оваа кумановска компанија. ФЗЦ 11 Октомври е производител на цевки, шупливи (издлабени) профили и слични производи од челик. Фабриката произведува и цевки за гасовод, така што во


www.kapital.mk

Капитал број 802 13.03.2015

11

дначат за неколку недели?! американската валута ќе се постигне многу порано одошто првично се проценуваше, односно најдоцна за неколку недели. Deutsche bank во своите најнови анализи пак, предвидува дека следната година доларот ќе има поголема вредност во однос на еврото. Според нивните проценки, во 2016 година едно евро ќе се менува за 0,9 долари. Фиксниот курс на денарот со еврото ги заштитува граѓаните од варирањето на вредноста на европската валута.

> БРОЈКА

мисла на неделата

756

Во бизнисот колку подолго чекате, толку помалку забава и профит добивате. Ако сите чекаме до самиот крај, тогаш економијата неминовно ќе биде уништена.

евра изнесувала просечната цена на станбен метар квадратен лани, што е за 0,7% пониска во однос на 2013 година

лидери

машна ЗЦ 11 Октомври Една компанија од Русија, друга од Турција и една од најголемите домашни фирми за производство на цевки се во игра да станат мнозински сопственик на кумановската фабрика за цевки, 11 Октомври, дознава Капитал. БРОЈКи

500 1,9

денари е почетната цена за купување на акциите на ФЗЦ 11 Октомври

милиони евра би чинел мнозинскиот пакет акции од 50,6% ако има само една понуда

следните неколку години би можела да добие добар бизнис имајќи ги предвид плановите за гасифицирање на земјата. ФЗЦ 11 Октомври е без доминантен сопственик подолго од десет години откако падна во стечај банката што гo поседуваше мнозинскиот пакет акции. Според последните податоци од финансискиот извештај, компанијата во првите девет месеци лани оствари приходи од 4,7 милиони евра што е дури за 60% помалку споредено со истиот период во 2013 година. Од јануари до септември лани, билансот на успех покажува загуба од 2,2 милиони евра. nnn

Џефри Сакс американски економист

губитник на неделата

Ангела Меркел

во Германија е усвоен закон што налага во надзорните одбори на водечките компании да има најмалку 30% жени

Мишел Леридон

Здружението на европски новински агенции (ЕАНА) наградата за исклучителен квалитет на агенциско новинарство ја додели на директорката на Франс Прес

не им беше неделата

Милан Бандиќ

го вратија во истражен затвор поради поттикнување сведоци на лажен исказ и фалсификување документи

Хилари Клинтон

потенцијалната кандидатка на демократите за претседател на САД, испадна неодговорна користела приватен меил за службена комуникација

_

Николас Мадуро Прекршување на човековите права, прогон на политичките противници, спречување на слободата на изразувањето, вклученост во корупциски скандали, се меѓу причините поради кои Соединетите Американски Држави воведоа санкции против седум официјални претставници на власта во Венецуела, предводена од претседателот Николас Мадуро. Последниот неодамна го уапси градоначалникот на главниот град на земјата, Каракас, Антонио Ледезма, под изговор дека „планирал државен удар“. Настрана од политичките проблеми, богатата со нафта Венецуела, под власта на Мадуро се соочува со огромна немаштија - во продавниците тешко се наоѓа млеко, месо, основни козметички производи, додека луѓето и по осум часа чекаат за да добијат број за влез во супермаркет. Логично, Мадуро според последните анкети има за 22% помала поддршка меѓу потенцијалните гласачи. И на последното рангирање на земјите во светот според индексот на сиромаштија што го изготуваат експерти од Блумберг, уверливо најлоша е Венецуела. Опозицијата во земјата бара обединување на сите политички сили за му се стави крај на диктаторското владеење на Мадуро во кое целоносно отсуствува грижа за проблемите со криминалот и со немаштијата.


www.kapital.mk

Капитал број 802 13.03.2015

12

cover story

120

114

72

75

2007

2008

94

84 2009

2010

2011

2012

Шокантно:

100% е зголемен увозот на месо во последните осум години. Домашното производство пред Бабунски: ние сме способни да се носиме со конкуренцијата,


www.kapital.mk

Капитал број 802 13.03.2015

13 Домашните производители на месо без помош од државата не можат да му конкурираат на увозното месо кое е и субвенционирано и извозно стимулирано од матичните држави. Македонските фармери секоја наредна година се помалку моќни за да можат да ја одржат и вака ниската бројка на сточниот фонд , а домашното производство на основниот ресурс сточната храна, како и воопшто да не постои.

Д пишува:

Дејан Азески

дejan.azeski@kapital.mk

144 123

Увоз на месо во милиони евра 2013

2014

Дуплиран увоз на месо, десеткуван домашен сточен фонд, значително намалено домашно производство, банкротирани повеќе фирми производители и преработувачи на месо. Во кратки црти ова е состојбата во која денес се наоѓа македонската месна индустрија. Домашното производство на месо е во очајна состојба, а оние производители на месо кои се уште живуркаат велат дека се бројат месеците кога Македонија ќе стане целосно увозно зависна. Ова е поразително за една земја, посебно што трендот на изумирање на доашната месна индустрија се случува во период кога од буџетот се даваат стотици милиони евра за поддршка на земјоделието и за фармерите. Статистиката само ги потврдува констатациите на луѓето од месната индустрија. Капитал анализира кои се причините за ваквата состојба и кои се можните решенија за зголемување на домашното производство на месо.

Субвенционираното увозно евтино месо

колапс

Македонија во 2014 година увезла месо и месни преработки во износ од 144 милиони евра. Тоа не е голем раст во однос на увозот од 123 милиони евра во 2013 година. Но, ова е најголемиот увоз месо во последните осум години. Во споредба со 2007 година, кога Македонија увезувала месо во вредост од 71,7 милиони евра,

Клучни проблеми XX Ниски увозни царини за готови месни производи XX Високи увозни царини за суровини XX Намалување на сточниот фонд и на домашната суровина за месо и преработки, XX Скапа сточна храна XX Немање доволно контрола на продажбата на месо увезено за преработка како свеж производ увозот лани е двојно или за цели 100% поголем. Причините за ваквата алармантна состојба кај увозот на месо се објаснуваат со недоволната конкурентност на домашното производство во однос на евтиното месо од увоз. Но, производителите на месо имаат поинаков поглед на работите. „Погрешна е перцепцијата дека странските компании кои увезуваат месо во Македонија се нешто подобри од нас и затоа постигнуваат пониска цена. Тоа апсолутно не е точно, бидејќи сите главно работиме според истите принципи, со истите берзански цени на храната, а дополнително ние во Македонија работиме и со поевтина работна сила и немаме трошоци за транспорт. Значи, увозните производи ја постигнуваат екстремно ниската цена со помош на државни субвенции за производството и дополнителни увозни субвенции. Затоа се толку поевтини од нас и ни го земаат пазарот“, вели Томе Бабунски од велешката компанија Агриа која долги години се занимава со производство на месо.

но под услов таа да функционира според пазарните правила


www.kapital.mk

Капитал број 802 13.03.2015

14

cover story

Државата мора да најде начин да ги заштити домашните производители од нелојалната конкуренција предизвикана од стимулираниот увоз, а тоа најдобро ќе го направи преку нови и конкретни мерки за јакнење на домашното производство. Условувањето на субвенциите со поседување на сопствена земја за производство на сопствена сточна храна е една од таквите мерки кои ја предлагаат експертите. Нашиот втор соговорник кој неколку децении е во индустријата за производство на месо ни даде уште појасна слика на работите и состојбите со години наназад. „Треба да се знае дека производството на месо секогаш било слаба страна во Македонија. Од кога јас знам увезуваме говедско и пилешко месо. Во текот на 90-те години увезуваме 95% од месните преработки. Сега со развојот на таа индустрија навистина постигнавме голем успех, бидејќи во моментов ние сме нето извозници на месни преработки. Е сега за овој растечки тренд да го пресликаме и во производството и извозот на свежо месо треба навистина многу да се вложи. Тоа дефинитивно поеднично не може да се направи, туку е потребна посеопфатна стратегија за јакнење на домашното производство на месо. Ниеден македонски бизнисмен не може или многу тешко може да издржи период од 39 месеци додека јунешкото месо стаса за продажба. Ако немаме таква стратегија и ако не се преземат мерки производството и понатаму ќе паѓа, што е и логично бидејќи де факто ние немаме производство“, констатира нашиот соговорник кој побара да остане анонимен. Бабунски и останатите негови колеги кои ги консултиравме се согласни дека постојат само два начина да се подобри состојбата. Првиот е зголемување на царинските давачки за увоз на месо (што е скоро невозможно со оглед на трговските договори кои ги има потпишано

Број на сточен фонд Година

Говеда

Свињи

Овци

Кози

Живина

2009

252.521

193.840

755.356

94.016

2.117.890

2010

259.887

190.552

778.404

75.709

1.994.852

2011

265.299

196.570

766.631

72.778

1.944.260

2012

251.240

176.920

732.338

63.585

1.776.297

2013

238.333

167.492

731.828

75.028

2.201.550

Овчо Живинско

Вкупно

Производство на месо во тони Година

Говедско

Свинско

2009

7.307

8.291

5.225

3.319

25.362

2010

6.082

8.292

4.786

3.236

23.271

2011

5.301

8.340

6.370

1.621

21.632

2012

4.981

10.598

5.600

1.945

23.124

2013

5.485

8.845

4.725

1.801

20.856

Домашната месна индустрија во моментов е сконцентрирана на преработките од увозно месо. Примарното произовдство очигледно ќе почека подобри времиња

Македонија и со ЦЕФТА и со ЕУ) , а вториот секако е менување на моделот на субвенционирање во делот на стимулирање на домашното производство на месо на наменски начин. „Треба дефинитивно да се расчисти дека ние и поголем дел од домашните производители сме способни да се носиме со конкуренцијата ако таа е реална и функционира според пазарните правила. Но, бидејќи тоа во моментов не е така, нашата држава би требало да го заштити домашното производство. Ако тоа не може да го направи со царинските ограничувања тогаш нека го направи со адекватни стимулации и субвенции“,

додава Бабунски.

Десеткуван сточен фонд

Експертите се децидни дека за една земја да има силна месна индустрија прво мора да има силно примарно производство, што значи голем и растечки сточен фонд. Наспроти тоа, сточниот фонд во Македонија во последниве шест години се намалува. Има повеќе фактори кои придонесуваат за ваквата појава, но како еден од клучните фактори секогаш се посочува сточната храна. На пазарот, цената на различните типови сточна храна е порасната за околу 50% во однос на минатата година.

факт: Државата мора да ги заштити домашните производители


www.kapital.mk

Капитал број 802 13.03.2015

15

Н

Тони Димевски производител на бројлери

ашите живинарски фарми се во толку лоша состојба што не можат да го покријат пазарот на никој начин. Едноставно ќе треба многу труд за да го вратиме домашното производство на кокошкино месо од сегашните смешни бројки на еден милион килограми колку што изнесуваше домашното производство пред две години.

Според поголемиот број фармери кои ги контактиравме, неретабилното работење не може да трае вечно и поголем дел од нив ќе ги затворат фармите без разлика на последиците. Каролина Видановска, сопственик на краварска фарма од Повардарието која произведува по околу 200 машки телиња за продажба годишно, вели дека фармерите се наоѓаат пред најголемото искушение да ги затворат фармите.

Н

Васко Ристовски

Стопанска комора на Македонија

ие и нашите членки од месната индустрија со години предупредуваме дека во земјава владее сериозна нелојална конкуренција во која има навистина апсурдни ситуации како продавање на месо кое е увезено како суровина наместо свежо. Дополнително ниските увозни царини од ЦЕФТА го преплавуваат пазарот со евтино месо од соседните земји. Бидејќи, во однос на ЦЕФТА не може ништо да се направи логично е да се посветиме кон јакнење на домашното производство преку запирање на исчезнувањето на сточниот фонд.

„Со овие цени на храната не само што не правиме профит, туку трупаме загуби. Единственото што не држи отворени е надежта дека нешто во скоро време ќе се смени. Ако не, ќе направиме како и многу наши комшии од Неготинско, ќе ги ставиме кравите и телињата под нож. Можеби нема да заработуваме, ама барем нема да трупаме загуби“, вели Видановска. Според производителот на бројлери (меснати кокошки) Тони Димевски клучниот

проблем е што македонските фармери се до толку исцрпени што не можат да го заземат пазарот дури и во случај да се забрани секаков увоз. „ Нашите живинарски фарми се во толку лоша состојба што не можат да го покријат пазарот на никој начин. Едноставно ќе треба многу труд за да го вратиме домашното производство на кокошкино месо од сегашните смешни бројки на еден милион килограми колку што беше пред

заклучок: Без производство на сточна храна нема месна индустрија

ArcelorMittal Skopje ĕĩijĮĭķĶĺijĩ ĪĹıĬĩĭĩ ĚijķĸŐĮ ĕĩijĮĭķĶıŐĩ www.arcelormittal.com.mk infosk@arcelormittal.com ArcelorMittalMacedonia


www.kapital.mk

Капитал број 802 13.03.2015

16

cover story

две години“, вели тој. Иако за последните четири години производителите на сите видови месо имаат добиено околу 120 милиони евра субвенции, домашното производство на месо за истиот период е намалено за над 20%. Во 2013 година споредено со претходната 2012 вкупното производство на месо е намалено за 9,8% при што производството на говедско месо е во пораст, а производството на овчо, свинско и живинско месо бележи пад. Најголем е падот на производството на свинско месо од цели 16,5%, по што следува овчото со 15,6% и живинското со 7,4%. И во 2012 година производството на месо имаше годишен пад од 7%, исто колку што беше падот и во 2011 година. Во 2013 во споредба со 2012 година, вкупниот број на говеда е намален за 5,1%, а бројот на свињи е намален за 5,3%. Ваквата состојба како да се пресликува од минатата година кога вкупниот број на говеда е намален за 5,3%, а бројот на свињи за 10%. Бројот на свињи за последните шест години е намален за скоро 25% или од 258.453 во 2008 година на 176.920 во 2013 година.

Без домашно производство на сточна храна не може да се произведува месо

Еден од најголемите проблеми е немањето на домашно производство на сточна храна. Македонија како и пред 1990 година останува зависна од

увозот на пченка. Експертите кои ги консултиравме велат дека неточно и непотврдено е дека Македонија е географски хендикепирана во однос на останатите земји и дека затоа не може да обезбеди доволно домашна сточна храна. „Една третина од обработливото земјиште во Македонија е необработено. Само тоа да го посадиме со пченка ќе имаме доволно сточна храна“, вели Стојмирка Тасевска долгогодишен советник на во Стопанската Комора на Македонија за земјоделство. Според нејзиното мислење многу јасен и познат е принципот како треба да се делува за да се зголеми домашното производство на сточна храна, но според нејзе на ниедна влада досега не и одговарало тоа да го направи. „Треба да постапиме како што постапиле сите развиени земји во вакви услови. Да го врземе субвенционирањето на сточното производство со поседувањето на засеана земја. Значи некој ако сака да чува 20 крави треба да има адекватно толку земја за да произведе храна за тие крави. Само на таков начин субвенциите ќе ни бидат адекватни и ќе го развиеме домашното производство. Вака со субвенционирање три крави и со еден декар земја, наместо производство субвенционираме социјален мир“, вели Tасевска. nnn


20 специјален прилог - жените и бизнисот

март 2015

moќ. лидерство. одлуки. l капитал анализа:

кои се најмоќните жени во македонија? зошто се најмоќни?

l колкава е моќта

на жените во македонскиот бизнис?

l кои жени и каде

дрмат во управните одбори во компании, јавни претпријатија и институции?

l зошто е добро

да се има жени во управни одбори?

l капитал интервјуа со моќните жени во македонија

Повеќе информации во врска со прилогот и за претставување во истиот можете да добиете на е-мail: marketing@kapital.mk l sanja.savovska@kapital.mk или на телефонскиот број 02 3280 910

Лицe за контакт:

Сања Савовска


www.kapital.mk

Капитал број 802 13.03.2015

18

Капитал анализа

С

С Ѓорѓи Јанчевски

НЛБ Тутунска банка

тана повеќе од јасно дека современите војни ќе се водат преку дисторзија на финансиската моќ на земјите, што неизбежно ќе има негативно влијание на меѓународните пазари на стоки и капитал. Македонија не може да е изолирана од тие случувања.

Живко Мукаетов Алкалоид

оочени сме со низа неизвесности, како континуираниот притисок за намалување на цените на производите на одредени пазари, отежната наплата, а особено сме погодени од неизвесноста заради украинската криза и падот на вредноста на руската рубља. Продолжуваме со инвестирање во технологија и ефикасност за да ја одржиме стабилноста.

Константино Даскалакис Фени индустри

Економијата на шокови стана нова нормалност

Како македонските фирми да го преживеат тоа?

Ефект на пеперутка: Или, како испуканиот куршум


ос с

www.kapital.mk

Капитал број 802 13.03.2015

19

П

оради глобалните состојби мораме да продолжиме во насока на кратење на трошоците, зашто Фени пред сe, се натпреварува на светски пазар и мора да бидеме подобри од другите или во најмала рака како нив, за да останеме во игра.

В Дамир Новотни

економист од Хрватска

о време на вакви шокови, фирмите мора да се однесуваат како банки, мора да имаат луѓе што знаат да управуваат со финансиски ризици и луѓе кои управуваат со ризици од реалната сфера. Компаниите мора да имаат амортизациски механизми, односно финансиски резерви.

Серија на шокови XX економските санкции на Западот кон Русија XX падот на цената на нафтата XX слабеење на рубљата XX јакнење на доларот во однос на еврото XX терористички акции како онаа во Париз

Уште пред пет години Филип Котлер на неговото предавање во Скопје што го организираше Капитал, кажа дека времето на турбуленции, односно “хаотиката“ е новата нормалност на која треба да се навикнат бизнисите. Оттогаш до сега светската економија едвај поврзуваше барем два квартали без да се случи некој позначаен глобален потрес. Моментите, пак, што сега ги преживуваме, можеби се најшокантни во смисла на политичка и економска стабилност, кои што светот ги преживува последниве неколку децении. Анализираме како во такви околности бизнисот да го прилагоди своето работење.

з пишува:

Игор Петровски

igor.petrovski@kapital.mk

Замавнувањето со крилата на пеперутката во борбата за превласт во Украина предизвика глобален оркански ветер и вистински домино ефект. Ќе треба да се навикнеме на работење во такви, непредвидливи околности. Значи, трендот е мртов, да живее шокот! Или, шокот е нов тренд, нова нормала. И македонскиот бизнис болно ја учи глобализациската лекција: не сме сами, не сме важни, не сме самодоволни… Од 2008 година, и пропаста на големите банки, бизнисот едвај да може да спои два квартали без непријатни изненадувања. Понекогаш, како периодов, ќе се заредат шокови во низа. Ниту тековнава криза

не е апсолвирана, а веќе за 2016 и 2017 се најавува нова. На бизнисот ниту од далеку не му е доволно да ги следи само економските трендови, туку с$ повнимателно треба да го предвидува преклопувањето на политиката и економските интереси. Само во тој случај можеше и порано да се насети раѓањето на случајот Украина. И сите последици што тој случај ги влече со себе. Во борбата за интереси во Украина се крие и причината за падот на цената на нафтата (во ред, припомогна и рецесијата/ намалената побарувачка, но рецесијата не е родена баш сега) – Русија половина од буџетот го полни со приходи од нафтата, при што одржливата математика се врти на околу стотина долари за барел. Треба ли да се каже што значи за Путин 50% пониска цена?! Очекувано, рубљата се стрмоглави, а капиталот побегна во сигурното пристаниште – швајцарскиот франк. Руските богаташи навалија на таа сигурност оптоварувајќи ја со речиси 152 милијарди долари, колку што во 2014-та изнесуваше нето одливот на рускиот капитал. Два и пол пати повеќе одошто во 2013! Ефектот на пеперутката во своето најраскошно издание (поим од теоријата на хаосот кој вели дека замавнувањето на крилата на пеперутката на едно место може да предизвика бура на друг крај од планетата, н.з.). Не само што на овој ефект треба да се смета на долги патеки, треба и да се знае да се предвиди кој и каде прв

ќе замавне со крилата. Но, како што вели генералниот директор на НЛБ Тутунска банка, Ѓорѓи Јанчевски, тешко е да се предвиди како ќе заврши политичката криза помеѓу најголемите воено-политички сили, САД, ЕУ и Русија. “Минатата година стана јасно дека современите војни ќе се водат преку дисторзија на финансиската моќ на земјите, што неизбежно ќе има негативно влијание на меѓународните пазари на стоки и пари. Во такви услови, економската состојба на Македонија, чиј што извоз во најголем дел оди кон ЕУ, исто така е делумно неизвесна“, вели Јанчевски.

Сосема поинакви модели на работење

Македонскиот бизнис болно ја учи глобализациската лекција. Не сме сами, не сме важни, не сме самодоволни, треба да учиме ново градиво. Нешто од тоа сме совладале, да речеме санкциите кон Русија компаниите ги ублажија или со извоз преку трети земји (најчесто Србија) или имаа веќе отворено компании во Русија. Но, најавите за нови кризи не се наивни, а ЕУ, врз која сме речиси целосно извозно ориентирани, безизлезно се прпелка во нераст. Тоа значи дека менаџментот мора да смисли потполно поинакви модели на работење, такви што можат да ги амортизираат надворешните шокови. Бизнис консултантите велат дека следните неколку години ќе бидат повторно предизвик, како и изминативе 5-6, не само за светската економија, туку и за глобалната безбедност. На македонските

м во Украина може да ја сруши берзата во Њујорк


www.kapital.mk

Капитал број 802 13.03.2015

20

Капитал анализа

Маркетинг гуруто Филип Котлер на конференцијата што во 2009 година ја организираше Капитал

филип Котлер пред 5 години за Капитал изјави:

Доаѓа време на нови шокови во економијата! “Сметам дека економиите ќе доживеат покачено ниво на турбуленција како последица на глобализацијата, хиперконкуренцијата и социјалните мрежи базирани на новите технологии. Компаниите треба да се потрудат да ги антиципираат промените што можат да влијаат врз нивниот бизнис (користејќи ги своите ‘системи за рано предупредување’). Нив исто така, им треба ‘планирање на сценарио’ за да го предвидат најдоброто и најлошото што може да им се случи, како и да откријат што треба да прават во двата случаи“, изјави најголемиот маркетинг експерт на планетава, Филип Котлер, компании ќе им биде уште потешко да работат во услови кога се соочуваат со нови шокови. Домашните бизнисмени со кои што контактиравме се согласуваат дека бизнис климата во Македонија не може да се гледа одвоено од севкупните настани во светот, а пред сè во регионот. “Соочени сме со низа неизвесности, како континуираниот притисок за намалување на цените на производите на одредени пазари, отежната наплата, а особено сме погодени од неизвесноста заради украинската криза и падот на вредноста на руската рубља. Сите овие предизвици би можеле да имаат негативно влијание на пласманите и деловните одлуки, оддолжување на планираната реализација на дел од зделките и сл.“. изјави за Капитал, генералниот менаџер и претседател на УО на фармацевтската компанија Алкалоид, Живко Мукаетов. Ум е р е н а т а д и в е р з и ф и ка ц и ј а н а производниот асортиман може да им

кога во септември 2009-та одржа предавање во Скопје, организирано од Капитал медиа груп. Во таа прилика тој истакна дека најголемиот предизвик за менаџерите е да не паничат. “Без да размислуваат, многу компаниски директори едноставно ќе наредат кратење во сите буџети за 10 или 20%. Тие не сфаќаат дека тука може да вклучат и кратење на некоја придобивка (како добра услуга, на пример) што потрошувачите ја ценат. Има пак, компании што дури и ги зголемуваат трошоците во лоши времиња, со цел да здобијат предност во однос на своите ослабени конкуренти“, рече Котлер.

помогне на фирмите и да ги направи помалку ранливи, велат консултантите. Но, клучна причина за најголемиот број проблеми на македонските фирми е преголемиот фокус на домашниот пазар. Брзата трансформација на работењето, инвестирањето во нови знаења и пазари, со зголемување на продуктивноста, се клуч за излезот од кризата. Секој од надворешните шокови не мора да биде проблем за сите фирми. На пример, падот на цената на нафтата во многу фирми резултира со пониски трошоци, па тоа е прилика за зголемување на ефикасноста и пренасочување на дел од парите во иновации, едукација, нови пазари. Исто така, трупањето залихи на месо на светскиот пазар на преработувачите им овозможува поевтина суровина. Глигор Цветанов, сопственик и менаџер на кондиторската фабрика Макпрогрес вели дека против предизвиците на нестабилното окружување ќе се борат со лансирање на

нови производи и брендови и зголемена ефикасност во работењето. Фабриката ќе отвори два нови производни погони годинава, инвестиција од 2,5 милиони евра. “Најголеми предизвици за нас остануваат обезбедувањето на ликвидност во работењето и квалитетна работна сила“, вели Цветанов. Алкалоид исто така својата стабилност на среден и долг рок ќе ја обезбедува со нови инвестиции што треба да ја зголемат иновативноста и ефективноста на работењето. “Во план се нов Центар за квалитет, Логистички центар и нова производна опрема за да одржиме чекор со трендовите во фармацевтската индустрија“, вели Мукаетов, првиот човек на компанијата.

Компаниите да се однесуваат како банки

Во време на шокови компаниите имаат два избора. Или поголемиот дел од ризикот

Време на шокови: Живеј ја промената или умри!


www.kapital.mk

Капитал број 802 13.03.2015

21 ќе го префрлат на некој друг, главно преку “хеџинг“, или ќе се концентрираат само на најпрофитабилниот дел од бизнисот. Хеџирањето на ризикот, најчесто валутниот, не е евтино, па малку е веројатно дека фирмите кои што ионака се борат за минимална профитабилност и конкурентност, ќе ја изберат таа опција. Диверзификација на асортиманот и пазарите не се прави во време на шокови, туку претходно, затоа што тоа е скап процес. Во ситуација кога не знаете кога и од која страна стигнува шокот, опција е да се “аутсорсира“ сè што може, за да фирмата биде флексибилна во промените и да ги намали сите фиксни трошоци како би се фокусирала на делот од работењето што носи пари. Флексибилноста и иновативноста се клучните поими сега, порачуваат експертите. Во насока на кратењето на трошоците ќе оди и производителот на фероникел, Фени од Кавадарци, компанија која што е дел од голема меѓународна групација. “Во услови на глобална несигурност тешко може да се даде оценка за цената на никелот. Од една стана очекуваме повисоки цени бидејќи повеќето производители на никел со моменталната цена прават загуби,

што е неодржливо на долг рок. Меѓутоа, поради глобалните состојби мораме да продолжиме во насока на кратење на трошоците, зашто Фени пред сè, се натпреварува на светски пазар и мора да бидеме подобри од другите или во најмала рака како нив, за да останеме во игра“, заклучува Даскалакис. Познатиот хрватски економист Дамир Новотни, за Лидерпрес вели дека балканските компании се соочуваат со тестот на прилагодливоста, но не мисли дека се работи за шокови. “Во последните 50 години имаше 14 мали и големи кризи и светската економија растеше. Тие кризи предизвикаа промени во однесувањето на компаниите. Во вакви ситуации фирмите мора да се однесуваат како банки, мора да имаат луѓе што знаат да управуваат со финансиски ризици и луѓе кои управуваат со ризици од реалната сфера, како што е промена на цените на нафтата. Компаниите мора да имаат амортизациски механизми, односно финансиски резерви. За жал, повеќето компании од регионов немаат резерви, а и нема кој да ги натера на тоа, како што на пример централните банки ги тераат банките да фомираат свои резерви“, вели Новотни. nnn

амортизација XX Заштита од ризик/ хеџинг во разни форми, најчесто валутен XX Фокусирање исклучиво на најпрофитабилниот дел од работата XX Диверзификација на стоките/услугите и пазарите, но пред да настапи шокот XX Изработка на сценарио што ги предвидува потенцијалните шокови XX Аутсорсинг на сe што не е основна дејност и намалување на фиксните трошоци XX Флексибилност и иновативност


www.kapital.mk

Капитал број 802 13.03.2015

22

интервју пишува:

Оливер Трајчески

В оliver.trajceski@kapital.mk

фотографија:

Дејан Азески

dejan.azeski@kapital.mk

Филип Пинингтон амбасадор на Канада за Македонија, Србија и Црна Гора

енергетскиот сектор привлечен за канадските компании

Во интервјуто за Капитал новоименуваниот канадски амбасадор за Македонија, Србија и Црна Гора, Филип Пинингтон зборува за очекувањата од новата функција, колку Македонија е привлечна за потенцијалните канадски инвеститори, односно како да се продлабочи соработката и зголеми трговската размена помеѓу двете земји. Пинингтон е поранешен политички советник на канадската мисија во НАТО, а речиси три децении работи во канадското Министерство за надворешни работи. XX Измина речиси еден месец откако сте назначен за нов амбасадор на Канада за земјите од регионот, Македонија, Србија и Црна Гора. Кои се очекувањата од новата функција во периодот кој претстои? Мислам дека дојдов во право време, кога трите земји се на патот на еволуција, од едно минато и турбулентно време да преминат во општества со потенцијална динамична иднина. Процесот можеби ќе се одвива споро, но се надевам ќе се одрази позитивно. Голем дел од мојот мандат ќе се однесува на тоа како Канада би помогнала на овие држави на економски план, било преку инвестиции или, пак, преку образовните програми. Јас сум оптимист и во рамките на нашите можности, Амбасадата ќе им помогне на трите земји кога е потребно. XX Колку Македонија е привлечна за канадската бизнис заедница? Какви се досегашните искуства и поради кои причини канадските компании би инвестирале тука во земјава? Важно е да се напомене дека средината и структурата којашто македонската влада ја презентира на потенцијалните канадски инвеститори е многу атрактивна. Нашите идни планови како Амбасада е да обезбедиме контакти меѓу бизнисзаедниците од двете земји, без разлика дали станува збор за бизнисмени кои сакаат да вложуваат или за такви на кои

Пинингтон: Македонија е привлечна за канадската бизнис заедница


www.kapital.mk

Капитал број 802 13.03.2015

23 Македонија е привлечна за потенцијалните канадски инвеститори, но потребно е продлабочување на соработката и зголемување на трговската размена помеѓу двете земји им е потребен инвеститор. Денешните презентации покажаа дека Македонија има големо меѓународно признание, односно дека земјата е безбедна за инвестирање. Канадските компании од поодамна се присутни на македонскиот пазар, меѓу кои ќе го напоменам гигантот Еуромакс. Заклучокот од сето тоа е дека инвеститорите од Канада ја сметаат Македонија за привлечна земја. XX Во Скопје се разгавараше за соработка помеѓу двете земји, особено во агро и ИТ секторот. Освен овие, кои други области се интересни за потенцијалните канадските инвеститори? Не би сакал да звучам дека со македонската влада имаме направено одредена програма за вложување во агро или ИТ секторот, но тоа се областите за кои најмногу се заинтересирани канадските компании. Освен овие, голем интерес се пројавува и за рударскиот и енергетскиот сектор во земјата. Со други зборови, зоните со поголема економска активност се секогаш попривчечни за инвеститорите XX Трговската размена помеѓу двете земји изнесува само 20.52 милиони канадски долари. Дали постојат одредени пречки и како во иднина би дошло до зголемување на соработката? Од она што досега го знам, нема специфични пречки во условите за тргување помеѓу Македонија и Канада. Освен географската оддалеченост, која е непотребна да се спомене, не постојат бариери за потенцијалните канадски инвеститори. Секако дека бројката не е голема, но би сакале да придонесеме за нејзиниот раст. За мене ова претставува еден пат на едукација, односно тука сум да научам нешто повеќе за Македонија, за нејзината бизнис-заедница и нивната сфера на интерес, односно кои се во суштина нивните цели. Тоа ни помага да увидиме

во кои области можеме да помогнеме. Канадските компании сметаат дека цените, пазарот и инфраструктурниот сектор се добри во земјата. Во секој случај, ние секогаш работиме на тоа да го зголемиме канадскиот извоз. XX Во рамките на настанот „Канадски денови“ кои со подршка од канадската Амбасада се одржува во Скопје, беше презентиран и проектот во рамки на „Македонија 2025“ кој нуди две образовни програми наменети за претприемачи, менаџери, односно претставнци на мали и средни претпријатија. Како ја оценувате соработката помеѓу двете земји на полето на образованието? Проектот „Македонија 2025“ е одличен пример за тоа како луѓето од дијаспората се обидуваат преку образовни програми да и помогнат на Македонија. Едноставно, обезбедуваме подршка за проектите кои овозможуваат едукација и продлабочување на соработката. Сметам дека овие стипендии кои ги нуди овој сериозен проект го овозможуваат тоа. Ќе напоменам дека и во идниот период ќе ги искористиме сите расположливи ресурси на амбасадата за да ги подржиме ваквите сериозни проекти. XX „Македонија 2025“ веќе подолг период работи на поврзување на македонската дијаспора во Канада. Исто така минатата година во Торонто беше организиран бизнисфорум на кои беа претставени

можностите за инвестирање во Македонија. Дали постои конкретна соработка помеѓу дијаспората и владата во Отава? Секако, проектот е само еден пример за мошне успешна соработка помеѓу канадската влада од една, и македонската дијаспора од друга страна. Таа на еден начин се обидува да воспостави контакти и да и помогне на Македонија, првенствено во насока на економски раст и развој. Како и во многу други земји, дијаспората и овозможува на државата да разбере што точно се случува во земјата. Во нашиот случај, среќни сме што ги подржуваме овие иницијативи и проекти, особено кога станува збор за образовниот сегмент. XX Во последните неколку месеци Македонија доживува турбулентен период на политичката сцена. Како ја оценувате ситуацијата во земјава и дали евентуална политичка криза би ги одвратила потенцијалните канадски инвеститори да вложат во Македонија? Како претставник на канадската влада не сум во позиција генерално да ја коментирам ситуацијата во земјата. Морам да потенцирам дека од независноста на Македонија, Канада е силен подржувач на земјата и нацијата, преку поддршка на различни програми за економски раст и развој. Исто така, ние сме силни подржувачи на земјата во процесот на евроатланските ин теграции. nnn


27 специјален прилог - агробизнис

l Зошто конзервната

индустрија е скриен извозен шампион?

l На кои пазари

најдобро поминуваат македонските агро-производи?

l Конечно заживува кредитирањето на агробизнисот

агробизнис и фармерство l кои се понудите на

банките за земјоделците?

l Како да се зголеми

производството на храна? Што е тоа што може да ја заживее македонската прехранбена индустрија?

Повеќе информации во врска со прилогот и за претставување во истиот можете да добиете на е-мail: marketing@kapital.mk l sanja.savovska@kapital.mk или на телефонскиот број 02 3280 910

март 2015


ПОКАНА На 19 март 2015 година (четврток) во просториите на НБРМ, на 8. кат, со почеток во 14 часот, ќе се одржи 16. сесија на Клубот на истражувачите Доколку сакате да го презентирате Вашиот работен материјал на оваа сесија на Клубот на истражувачите, Ве молиме да н$ известите најдоцна до 2 март 2015 година (понеделник). Се надеваме дека ќе предизвикаме интерес кај Вас и кај Вашите колеги за учество на Клубот на истражувачите. Ве молиме да го потврдите Вашето присуство на оваа сесија на Клубот на истражувачите најдоцна до 16 март (понеделник) 2015 година на тел. +389 2 3298 110; електронска пошта: marketing@kapital.mk Напоменуваме дека зачленувањето во Клубот е од отворен карактер, за што подетални информации можете да видите на следнава врска: www.nbrm.mk/Клуб на истражувачи.


www.kapital.mk

Капитал број 802 13.03.2015

26

Енергија – Бизнис во движење

Додека развиениот свет масовно го користи сонцето

Еден куп законски пречки за влез го кочат бизнисот со соларна енергија

И пишува:

Оливер Трајчески

Oliver.trajceski@kapital.mk

Иако сите анализи покажуваат дека Македонија со 1400 часови сонце во текот на годината има најголем потенцијал за производство на соларна енергија, праксата покажува дека тоа речиси и да не е воопшто искористено.

Според постојните законски регулативи инвестирањето во производство на соларна енергија во Македонија е многу долг и скап процес, преполн со непотребни законски пречки. Познавачите на состојбите велат дека Македонија мора преку субвенции, намалување на ДДВ и измена на законските регулативи да го стимулира користењето на обновливите извори на енергија. Споредбените податоци укажуваат дека Македонија се наоѓаат на дното во Европа по производство на соларна енергија. Анализата на Капитал покажува дека се уште се ретки домаќинствата и индустриски капацитети кои на своите кровови имаат инсталирано соларни панели, кои преку фотоволтаичните ќелии изработени од специјален тип силикон, светлината ја претвораат во електрична енергија. Истовремено, во светот се повеќе компании

се одлучуваат да градат соларни фарми за сопствено производство на електрична енергија и за намалување на трошоците. Неодамна светски познатата компанија Гугл објави дека ќе гради соларни фарми во кои ќе произведува електрична енергија за сопствените потреби и така ќе ги намали трошоците за струја. Холандија гради велосипедски патеки од соларни панели за производство на соларна енергија. Деновиве беше објавено дека е изграден

Експерти: 1400 сончеви часови во годината, а во земјава с


www.kapital.mk

Капитал број 802 13.03.2015

специјален прилог

Ѕвонко Марковски сопственик на компанијата „Сието“

ржавата не најде сили да ја намали стапката на ДДВ и за соларните4 системи, како што тоа го направи за колекторите за топла вода.

Ф

Д

Д

Лазар Гечевски

директор на Агенција за енергетика

околку навистина се постигне домаќинствата да станат произведувачи и продавачи на електрична енергија во тој случај корист ќе имаат сите, а ќе се намали и притисокот кон домашното производството на електрична енергија.

27

Димитар Димитров професор на ФЕИТ

отоволтаичните системи се најпогодни за напојување на домаќинствата и помалите индустриски капацитети, но не и за загревање на домовите.

Бројки

1400

сончеви часови во годината има Македонија

7.200

евра се потребни за соларен систем од 6 киловат/часови

92

фотонапонски електроцентрали има во Македонија

првиот авион кој ќе го прелетува светот на соларна енергија. Капитал истражуваше зошто во Македонија употребата на соларни панели е се уште на ниско ниво и кои се пречките кои ги спречуваат фирмите повеќе да ја користат соларната енергија.

Колку чини да се добие енергија од сонце?

Експертите кои ги консултираше Капитал објаснуваат дека фотоволтаичните системи се најпогодни за напојување на домаќинствата и помалите индустриски капацитети, но не и за загревање на домовите. Доколку со оваа електрична енергија треба да се напојуваат економични светилки и мали уреди, системот би чинел до 1.000 евра, но ако потребите на домаќинствата се поголеми, инвестицијата во соларни панели би достигнала и до неколку илјади евра. „Цената за инсталација на вакви системи би била околу 1200 евра по киловат/ час. Сметаме дека за едно домаќинство

Нема квоти за изградба на нови фотонапонски централи

И

нформациите на Капитал велат дека пропишаната квота од Владата за бројот на производители на електрична енергија од фотонапонски централи е веќе исполнета. Оние кои во иднина ќе сакаат да произведуваат струја од овој обновлив извор ќе мораат да обезбедат лиценца, која ја издава Регулаторната комисија за енергетика. Моменталната законска регулатива дозволува поставување на мали соларни системи за сопствена употреба, кои ќе работат независно од веќе постоечката електро-дистрибутивна мрежа. Но, за да се стимулираат физичките лица да

инвестираат во оваа област, неопходни се законски измени кои ќе им овозможат на приватните инвеститори да добијат можност вишокот на енергија да ја продадат или „паркираат“ во системот на ЕВН. „Најпрво треба сето тоа да се регулира законски, бидејќи засега имаме многу непознаници. Имаме Закон за енергетика и некои правилници за лиценци за производство на електрична енергија, односно секој кој се приклучува на електродистибутивната мрежа, станува дел од тој електроенергетски систем“, потенцира Димитров.

доволни се 6 киловат/часови, што е доволно произведена енергија за ја покрие дневната потрошувачка. По таа логика, за систем од 6Кв/час потребни би биле околу 7200 евра. Половина од цената е за модулите, додека половина за инсталацијата. Фотоволтаиците работат преку ден, кога цената на електричната енергија е најскапа, а трошат ноќе, кога потрошувачката е најголема“, вели Димитар Димитров, професор на ФЕИТ.

„Големината на системот и количината на произведената струја, наједноставно кажано зависат од бројот на инсталирани фотонапоснки панели. Доколку системот е помал, тој се користи во мали домаќинства со п ома л а п от р о ш у в ач ка. Но од фотонапонските панели се конструираат и фотонапонски централи, кои можат да бидат големи колку и една хидроцентрала. За што ќе биде искористена произведената струја, зависи само од желбата и од имагинацијата

се регистрирани само 92 фотонапонски електроцентрали



www.kapital.mk

Капитал број 802 13.03.2015

специјален прилог

29

Сончевата енергија може да напојува секакви уреди

С

ите соларни панели произведуваат еднонасочна струја со која директно можат да се наполнат акумулаторски батерии, или, пак, да се напојуваат мал број уреди кои работат на еднонасочна струја. Доколку произведената еднонасочна струја треба да напојува поголеми уреди, во системот се вклучува инвертот кој еднонасочната струја ја трансформира во наизменична 220V/50Hz.

на човекот“, вели Ѕвонко Марковски, сопственик на компанијата „Сието“. Податоците на Агенцијата за енергетика покажуваат дека во Македонија се регистрирани 92 фотоволтаични електроцентрали, а издадени се 16 решенија за повластени производители на електрична енергија од обновливи извори. Овие централи имаат вкупна моќ од 14,80 мегавати, а планираното производство на струја на годишно ниво изнесува 18 709 мегават/часови. Првата е на компанијата „Сието“ отворена во 2009 година во скопската општина Илинден, а последната „Мал Инженеринг Доо“, упишана е во регистарот на Агенцијата во декември минатата година во општина Конче, Радовишко. Најголем број од овие централи, дури 21, се во Демир Капија, 9 во општина Дебрца, 8 во струмичко Ново Село, 7 во Сопиште, 6 во општина Илинден, 5 во Кочани, 4 во Валандово и 3 во Делчево. „Доколку навистина се постигне домаќинствата да станат произведувачи и продавачи на електрична енергија во тој случај корист ќе имаат сите. Наједноставен аспект кој ќе го добиеме е квалитетот на струјата која во една таква ситуација секогаш ќе ја добиваме со 220 волти. Но, ова е само еден дел, бидејќи ќе имаме и намалување на притисокот кон домашното производството од големите капацитети и секако кон увозот“, вели Лазар Гечевски директор на Агенција за енергетика.

Бизнисот со соларна енергија го кочат еден куп законски пречки!

Експертите кои ги консултираше Капитал велат дека според постојните регулативи инвестирањето во изградба на електрични централи за производство на енергија од обновливи извори е многу долг и скап процес, кој бара многу време и пари. Оние кои сакаат да инвестираат во изградба на електрични централи за производство на соларна енергија треба да задоволат еден куп прописи и регулативи за да стигнат до статусот на повластен производител на струја. Во првата од петте фази, покрај изработка на предфизибилити студија и решавање

на имотно-правните односи, на оној кој сака да влезе во овој бизнис му е потребна и согласност за приклучок кон дистрибутивниот систем, овластување за изградба на објекти за производство на електрична енергија од обновливи извори со номинална моќ над 10 мегавати, односно изготвување студии или елаборат за влијание врз животната средина. Втората фаза опфаќа одобрение за градба од втора категорија, во која потенцијалниот инвеститор треба да поднесе писмено барање до градоначалникот на општината, а потребен е и извод од ДУП, архитектонскоурбанистички план, основен проект, доказ за право на градење, како и геодетски елоборат. Во третата фаза инвеститорот поднесување барање до Регулаторната комисија за енергетика за издавање времена лиценца, а потребно е и одобрение за употреба на градба и лиценца за вршење енергетска дејност. Во четвртата фаза неопходно е привремено решение за стекнување статус за повластен производител, решение за упис во Регистарот на електроцентрали кои произведуваат електрична енергија од обновливи извори, решение за стекнување статус на повластен производител и постапка за донесување одлука за користење повластена тарифа. Во последната, петта фаза, потребно е склучување договор со операторот на пазарот на електрична енергија, остварување право на стимулативни мерки, како и обезбедување гаранции за потекло на електрична енергија од обновливи извори.

Неопходни се субвенции и намалување на ДДВ-то

Пред неколку години во Македонија се појави иницијатива за реализирање на проектот „10.000 сончеви кровови“. Целта е на физичките лица да им се овозможи монтирање на соларни системи со моќност од 3 до 5 мегавати, со што би се создала фотонапонска електрична централа со моќност од 40 мегавати дисперзирана на целата територија. При тоа, оваа централа не би барала дополнителна инвестиција во зајакнување на електро-мрежата.

Би се избегнала и евентуална загуба на енергија, предизвикана од транспортот, со оглед на тоа што струјата ќе се искористи на едно место, или во непосредна близина кадешто е произведена. Моќноста на ваквата дисперзирана централа би била половина до моќноста на ТЕЦ Неготино, а произведената струја ќе биде еколошки чиста. Сето тоа би овозможило намалување на увозот на скапата дневна струја за дури 40 мегавати дневно. Но, експертите се децидни дека покрај законските пречки и слабата куповна моќ на населението, меѓу причините за малата заинтересираност на пазарот за соларни панели е неиформираноста, недоволно развиениот енергетски пазар и ниската свест за еколошките последици од децениското заостанување во енергетскиот сектор. „За жал државата не смогна сили да ја намали стапката на ДДВ и за соларните системи, како што тоа го направи за колекторите за топла вода, ниту пак обезбеди субвенции за домаќинствата кои ќе инвестираат во овие еколошки системи“, објаснува Марковски.

Европска пракса – соларни наместо нуклеарни централи

Обновливите извори на енергија вработуваат околу 7 милиони луѓе ширум светот, од кои дури еден милион се во Европската Унија. Овој податок на Меѓународната агенција за обновливи извори на енергија – ИРЕНА, укажува на важноста на овој сектор во насока на отворање нови работни места и економски раст на државите. Од западноевропските земји, Германија веќе отпочна со имплементирање на проект за постепено затворање на нуклеарните централи до 2022 година. Ова следеше по нуклеарната катастрофа во Фукушима, а владата во Берлин има цел идустриските капацатитети да се напојуваат со помош на сончеви централи и ветерници. Оваа енергетска транзиција започна во 2010, а првичните пресметки покажуваат дека преминот од фосилни горива на обновливи извори ќе ја намали емисијата на штетни гасови до 80% во 2050 година. nnn

Анализа: Потребни се субвенции за користење на обновливите извори на енергија


www.kapital.mk

Капитал број 802 13.03.2015

30

интервју

Кочо Анѓушев сопственик на Фероинвест

На Македонија и е најпотребна брза гасификација на домаќинствата пишува:

Дејан Азески

В dejan.azeski@kapital.mk

фотографија:

Дејан Азески

dejan.azeski@kapital.mk

„Во енергетиката ако немате план за следните десетина години, исто како воопшто да немате план“. Ова е мотото од кое се раководи Кочо Анѓушев, сопственик на Фероинвест и претседател на Македонската

Анѓушев ги потенцира бројните предности на обновливите во однос на конвенционалните извори на енергија и се залага за што подобра законска регулатива која ќе ги стимулира наместо да ги одвраќа фирмите и граѓаните од производството на електрична енергија. Сепак, тој е објективен и предупредува дека развојот на обновливите извори на енергија краткорочно не треба да значи откажување од конвенционалните. Според него, најдобро ќе биде Македонија за 20 години во најголем дел да може да се потпре на обновливите извори на енергија, но мора да има резервен план за да се одржат и конвенционалните извори на енергија енергетска асоцијација (МЕА), а кое го прави еден од најсоодветните луѓе во земјава да зборува за среднорочната и долгорочната енергетската иднина на Македонија, за развојот и употребата на обновливите извори на енергија и за потребата од продолжување на животниот век на конвенционалните извори на енергија. XX Фероинвест е компанија која во Македонија, а можеби и во регионот инвестира најмногу во обновливите извори на енергија.

Зошто се одлучивте за ширење на бизнисот токму во оваа насока и кои се предностите и бенефитите на обновливите во однос на конвенционалните извори на енергија? Фероинвест како групација од сите обновливи извори на енергија најмногу е фокусирана е на хидро електраните. Фероинвест самостојно или во конзорциум со други фирми, како на пример Гранит кој е најчест наш партнер, има пуштено во

Искуство: Либерализацијата на пазарот


www.kapital.mk

Капитал број 802 13.03.2015

специјален прилог погон четиринаесет хидроелектрани кои што во моментов функционираат и уште пет хидроелектрани кои се во фаза на пуштање во работа и кои за не покасно од шест месеци ќе бидат во погон. Со најновиот тендер Фероинвест има добиено и учество во уште шест електрани, што значи дека целиот тој систем ќе се заокружи на дваесет и пет електрани, што е приближно еднакво производството на ХЕЦ Света Петка. Ние имаме наши резервни делови за нашите електрани, имаме обучени луѓе кои што се занимаваат со таа проблематика, а имаме и дваесет и четири часовен мониторинг. Кратко кажано ние сме горди што сме единствена компанија од овој сектор во југоисточна Европа која функционира на овој начин. Значи, поседуваме цел еден вертикално интегриран производен системтргнувајќи од проектирање на електраните, инженеринг, инсталирање, одржување на истите и мониторинг врз целата количина на електрична енергија која се произведува во нив. Освен што тоа го правиме за нас, го правиме и за десетина други електрани со други инвеститори. Тој концепт веќе го прошируваме и во регионот и имаме први разговори за пренесување на тој концепт и тој know-how и во другите земји. Генерално, јас сметам дека треба да се прават и големите и малите електрани. Но, искуството покажува дека бенефитот од малите електрани и за државата и за приватните стопанственици е поголем. Големите електрани како Света Петка и Козјак заедно чинеа некаде околу 350-400 милиони евра. Значи, државата прво даде банкарска гаранција, странски фирми беа изведувачи, а нашите македонски компании беа подизведувачи. И што е најважно цената на произведената електрична енергија од овие капацитети е 135 до 150 евра по мегават час, кога ќе ги вкалкулирате сите инвестиции во производната цена на електрична енергија. На другата страна имате мали хидроелектрани каде што државата не дава никакви гаранции, напротив зема концесиски надоместоци во износ од дваесет милиони евра досега. Домашни инвеститори и домашни градежни компании се инвеститори и изведувачи, што значи дека 70% од парите остануваат во Македонија. Дополнително, цената на електричната енергија е некаде 75 до 80 евра по мегават час. И јасно е дека ако се направи таа компаративна анализа, малите хидроелектрани се многу подобри проекти од големите. Единствено проблем е што малите хидроелектрани се географски лимитирани на 120 мегавати енергија. Тоа значи дека можат да се направат толку колку што има доволно адекватни водотеци во Македонија. Но, и таа цифра не е мала или поточно е поголема од вкупната инсталирана моќност на Света Петка и Козјак заедно. XX Како инвеститор во мали хидроелектрани на кои се пречки наидовте во поглед на законската регулатива и што според вас

Доколку се забрзат постапката за издавање на градежни дозволи и процедурата за приклучување на мрежа, многу ќе се олесни инвестирањето во обновливи извори на електрична енергија би требало да се измени или подобри? Законската регулатива во Македонија е изградена, но секогаш би можело да има подобрување. Во таа насока би навел две точки за кои сметам дека би можеле да се корегираат во позитивна насока. Првата е околу пренамената на земјиштето, oвластување кое го имаше Министерството за земјоделство, а сега го има Владата. Сметам дека доколку ова овластување се врати назад кај Министерството ќе се скрати времето за вадење на градежна дозвола. И втората работа е решавањето на имотноправните односи кое мислам дека може да биде многу побрзо и поефикасно. Секако дека има и доста други можности за подобрување. Подобрување пред се во регулативата, во регулаторна комисија, како а пример околу приклучоците на мрежата... Тоа е една болна точка на која доста се работеше и доста се направи во изминатиов период, но мислам дека тука има уште доста простор за подобрување. Значи, генерално потребно е да се решат две работи кои не зависат од инвеститорите. Тоа се брзината на издавање на градежни дозволи и брзината и процедурата за приклучување на мрежа. Доколку овие работи се решат многу полесно ќе се инвестира во обновливи извори на електрична енергија. XX Сонцето е обновлив извор на енергија кој што теоретски може да се користи во неограничени количини, но во Македонија изградбата на производствени капацитети за соларна енергија се одвива многу бавно. Некои за тоа ја обвинуваат ограничената квота за субвенционирање, други законската регулатива, трети недоволната информираност на македонските бизнисмени и граѓани. Кое е вашето мислење? Квотата на изградени фотоволтаици кои што ќе бидат во фидинг тарифата со бенефицирана цена на електрична енергија е ограничен на 18 мегавата, од кои 15 се веќе пуштени во функција и 3 веќе се градат. Тоа значи дека квотите за бенефицирана цена се веќе исцрпени. Нормално не е ограничено дополнително да се градат централи надвор од фидинг тарифата и да се продава енергија на слободен пазар, но со оглед на високата

31

производна цена прашање е колку тоа ќе биде исплатлива. Квотата е утврдена на тој начин за да не влијае многу врз финалната цена на електричната енергија. Бидејќи ако вие квотата ја пуштите многу широко, да речеме место 18 да се изградат 80 мегавати фотоволтаици, бидејќи тие се по фидинг тарифа, тие ќе ја покачат просечната цена на електричната енергија. Затоа, за да не се покачи крајната цена за крајните потрошувачи, таа квота е ограничена. Моменталната цена на енергијата од фотоволтаиците е 130 евра, а пазарната цена е 40 евра, и ако се зголеми квотата тоа ќе се одрази сериозно на цената. Мислам дека сега е добро регулирано. Но, сега во поново време со развојот на технологијата на фотоволтаиците веќе доаѓа еден нов тип на фотоволтаични панели кои што се исплатливи да се прават. Тоа се куќните фотоволтаични панели и тие треба да се земат сериозно во предвид. Таа работа не е ништо непознато во светот. Значи во куќата дома треба да поставите фотоволтаичен панел и да имате двонасочно броило. Двонасочно броило значи дека кога ќе има многу сонце вие ќе произведувате повеќе електрична енергија отколку што вашата куќа троши, и во тој случај енергијата ќе ја давате во системот. И обратно кога не произведувате толку колку што сте потрошиле вие влечете од системот. Двонасочното броило памети колку енергија сте зеле и сте дале во системот и ја наплаќате или, пак, ако сте потрошиле повеќе ја плаќате разликата. Значи во таа работа нема многу голема филозофија само треба да се пушти и да се направи. Регулаторот треба побрзо да ги утврди законските рамки за тоа да се реализира и треба да му наложи на операторот на дистрибутивниот систем да се дозволи да се стават такви броила. Одговор на прашањето зошто тоа не е направено досега треба да се бара кај операторот и регулаторот. Дозволувањето на употреба на двонасочни броила дефинитивно ќе се одрази позитивно. Прво ќе се намали потрошувачката од другите извори, бидејќи луѓето ќе бидат стимулирани да инвестираат во таа работа и да го субституираат увозот на енергија. Јас го подржувам тој процес и ценам дека е исправен. XX Дали истото мислење го делите и за ветерот како обновлив извор на енергија? Ветерот не е ограничена ставка, но тој е многу тежок за управување. Македонија е мал енергетски систем и доколку направите многу ветерни електрани тоа многу тешко ќе се контролира. Сега имаме 36 мегавата и тоа се менаџира лесно, но ако направите 200 мегавати ветерни електрани и ако влезе ветар наеднаш и се произведе таа струја која нема каде да ја потрошите, ќе мора да се исклучи еден блок од РЕК Битола за да може таа енергија да се прифати во системот. Бидејќи, за жал, електричната енергија никој се уште не успеал некако

т веќе има докажани позитивни ефекти


www.kapital.mk

Капитал број 802 13.03.2015

32

интервју

да ја складира. Таа мора да се потроши во моментот кога се произведува. Значи, кога ќе престане ветерот да дува, а вие веќе сте го исклучиле РЕК автоматски ќе имате недостаток од 200 мегавати, а на блокот кој може да ги надополни му требаат 48 часа да стартува. Во таков случај можно е да се појави еден проблем за менаџирање на системот и тука треба да се внимава колку ветерни електрани ќе се инсталираат. XX Неодамна беше промоцијата на Нацрт-стратегијата за енергетската иднина на Македонија за следните 20 години која ја изработи МАНУ. Таа во голем дел се базира на развојот на обновливите извори на енергија кои перспективно би требало да ја надоместат поголема побарувачка. Вие уште на самиот почеток предупредивте на одредени проблеми кои би можеле да настанат... Проблемот е што Македонија во моментов нема доволно јаглен од сопствени ресурси. Час поскоро треба да се убедиме дека е потребно дел од јагленот да се увезува, а дел да го произведуваме, со што ќе ја покачиме и калоричната моќност и ќе ги одржиме термоелектраните во функција. Доколку не ги одржиме термоелектраните во функција неминовно ќе паѓа нашето домашно производство и ќе расте увозот на електрична енергија. На долг рок Стратегијата предвидува дека производството на енергија ќе се реализира во поголем дел со обновливите извори на енергија. Јас за тоа сум малку скептик, бидејќи за да може тоа да се изреализира потребно е инвестициите да бидат исплатливи. За да бидат исплатливи инвестициите во обновливите извори на електрична енергија потребно е цената на електричната енергија да е над 75 до 80 евра по мегават час, што е далеку повеќе од цената на електрична енергија од 43 евра по мегават час која денес се плаќа во Македонија. Стратегијата предвидува дека цената на електричната енергија од 2015 до 2035 година ќе порасне на 90 евра по мегават час. Тоа е премногу оптимистичко сценарио, бидејќи сите предвидувања се дека цената во наредните 20 години ќе се зголеми до 65 до 70 евра од мегават час. Тоа не е доволно инвестициите во обновливи извори да бидат исплатливи. Од таа причина потребно е во таа Стратегија да се направи реална анализа што ќе се случи ако цената наместо 90 евра достигне само 65 евра по мегават час. Во тој случај многу инвестиции кои се во студијата направени дека ќе се реализираат ќе се покажат како неисплатливи. И тогаш ако ние главно ја засноваме стратегијата врз обновливите извори на енергија стратегија ќе биде на климави нозе. Во таа смисла сметам треба да се направи и алтернативна стратегија која ќе се базира на конвенционалните термо извори на електрична енергија. nnn

Либерализацијата на пазарот на електрична енергија е во корист и на фирмите и на граѓаните XX Кои се според вас генералните насоки за постабилна енергетска иднина на Македонија? Што треба и мора да се направи на среден и долг рок? Ние мораме да размислуваме за корекции на целиот енергетски пазар во две насоки. Прво, сметам декиа гасот е многу важен, а многу малку се споменува. Гасот во Македонија се користи дел во индустријата и голем дел во производството на електрична енергија. Тоа е погрешно. Гасот треба да се користи најмногу таму каде што енергијата може да биде најмногу искористена, како на пример во домаќинствата каде се исцрпува и до 98% од неговата енергетска вредност. Затоа, потребна е брза и интензивна гасификација во домаќинствата. Веќе во ниту едно западно-европско домаќинство не се користи електрична енергија за загревање на вода, за затоплување на просториите или за готвење. Секаде каде што е потребен извор на топлина се користи гасот, а електричната енергија се користи само на местата каде што имате електронски уреди како телевизори, радија, расвета и слично. Значи, во таа смисла гасификацијата ќе има двоен ефект. Со зголемената потрошувачка на гас ќе се намали неговата цена, а дополнително ќе се намали потрошувачката на електрична енергија, па притисокот за поскап увоз на струја исто така ќе се намали. Овој момент треба да се разгледа многу сериозно и ако треба нешто брзо да се направи тоа е да се направи стратегија за гасификација на домаќинствата, која меѓу другото ќе вклучува евтино кредитирање или, пак, субвенционирање за промена

на уредите кои би можеле да користат гас. Ли б ер а лиз а ц иј ата н а п а з а р от на електрична енергија е втората насока во која треба да дејствуваме. Досегашните лимитирани искуства покажаа дека фирмите кои се опфатени од либерализацијата значително ги намалија трошоците за електрична енергија. Кажано со едноставни бројки, резултатот од досегашната либерализација е 200 компании кои имаат пониска цена на електрична енергија. Ако овие фирми трошат некаде околу 700 гигават часови дневно, нивната цена на електричната енергија се намали за околу 20 евра по мегават час. Значи, со либерализацијата на пазарот овие 200 фирми заштедија 14 до 15 милиони евра, кои што останаа во фирмите. При целосна либерализација на пазарот дефинитивно за сите фирми ќе се намали цената на електричната енергија, а при тоа цената за граѓаните нема да се зголеми за повеќе од 4% до 5%. Проблемот е што цената за граѓаните и вака ќе се зголеми за 4% до 5%, а фирмите од друга страна нема да добијат ништо, односо и понатаму ќе плаќаат скапа електрична енергија. Слободниот пазар е тој кој што ќе ги регулира сите непотребни трошоци и трошења плус и тоа ќе биде на бенефит и на граѓаните и фирмите. Моментално, сите фирми во Македонија на слободниот пазар заедно со дистрибутивната мрежа имаат цена по 70 или 80 евра по мегават час. А сите останати фирми кои се во регулираниот пазар во моментов плаќаат 140 евра. Оваа разлика во цената на електрична енергија која ја плаќаат фирмите најдобро ги покажува придобивките од слободниот пазар.

Препорака: се уште не треба да се отакжуваме од конвеционалните извори



Капитал број 802 13.03.2015

34

www.kapital.mk

Енергија – Бизнис во движење

Како да го направите бизнисот енергетски ефикасен?

Со енергетската ефикасност во фирмата можете да заштедите и до 80% електрична енергија Македонските менаџери иако се свесни за придобивките и сигурниот поврат на средства кои ги нуди примената на енергетската ефикасност се уште слабо се одлучуваат за нејзина примена. Недоволната информираност, недостаток на стручен кадар, непостоење на вистински пазар и недоволно уредените подзаконски акти се главните причини кои што се наведуваат со години. Но, оние кои што успеале да ги надминат овие пречки за Капитал велат дека ефектите се навистина огромни.

Препорака: Енергетски ефикасните фирми им


www.kapital.mk

Капитал број 802 13.03.2015

специјален прилог

Е

Трајче Трајков

Хемија Комерц Велес

нергијата во цената на производот учествува со висок процент, а нашата крајна цел е да направиме производ кој поевтино ќе чини. Ако односот цена/квалитет на нашиот производ е повисок од кинескиот производ, тогаш никој нема да го купи нашиот производ. Нашето искуство вели дека ако не сме енергетски ефикасни тешко дека ќе можеме да бидем конкурентни и да опстанеме.

П пишува:

Дејан Азески

Dejan.azeski@kapital.mk

Повеќе од 82% заштеда на електрична енергија со 1,7 години период на поврат е нај оптимистичката варијанта која ја нудат македонските консултанти за енергетска ефикасност на една компанија која ќе се одлучи да инвестира во овој современ светски тренд. Но, и покрај овие статистики и релативо евтините кредити со 7% камата кои ги нудат банките, мал број од македонските фирми се заинтересирани да инвестираат во поголема енергетска ефикасност на бизнисот. Капитал истражуваше зошто концептот на енерегетска ефикасносост е се уште далеку од македонските фирми и кои се најголемите придобивки за бизнисите ако инвестираат во технологии за заштеда на енергија. Своето искуство од оваа област ни го раскажа Трајче Трајков сопственик на велешката фабрика Хемија Комерц. Според него, со ваква цена на енергијата во Македонија тешко дека може да опстане некоја фабрика која ја работи оваа проблематика, ако нема посебна стратегија на работа. „Енергијата во цената на крајниот производ учествува со висок процент, а нашата крајна цел е да направиме производ кој поевтино ќе не чини. Бидејќи ако односот цена наспроти квалитет на нашите производи е повисок од кинескиот производ, тогаш никој нема да го купи нашиот производ. Нашето искуство покажува дека ако не сме енергетски

О Живко Димов консултант

д витално значење е и изборот на енергенсот кој се користи во производствениот процес. Машините кои се нови трошат помалку енергија, но и таа малку енергија треба да е соодветно одбрана според нејзината просечна цена на слободниот пазар.

ефикасни тешко дека ќе можеме да бидеме енергетски ефикасни и дека ќе опстанеме“, вели Трајков. Тој ни посочи и што конкретно треба да се направи за една компанија да може да заштеди на потрошувачката на енергија. „Во изградбата на новата фабрика ги искористивме сите можни познати решенија за да ја намалиме загубата на енергија. Прво, воведовме нови печки и ленти за производство кои трошат многу помалку од старите. За нив имаме точни проценки за количините кои треба да ги изработат за да се исплатливи, инаку не ги вклучуваме. Системите за греење и ладење се програмирани да трошат максимално малку енергија, а исто тоа е случај и со системот за вентилација. И фасадата и кровот се со специјални двојни слоеви за да има минимално загуба на топлинската енергија“, вели Трајков.

Што предлагаат консултантите?

Самото поимање на енергетска ефикасност кај поголемиот дел од македонските менаџери и компании е погрешно. Според искуствата од експертите, голем дел од нив на своја рака превземаат мерки за заштеда на енергија кои сами по себе како изолиран пример не можат да дадат некои особени резултати. Славко Митовски, консултант и експерт за енергетска смета дека има мало познавање кај фирмите од областа на енергетската ефикасност. Според него да се воведуваат нови системи за греење и ладење, а во истовреме во истата фабричка хала да се работи со машини и печки стари по пет децении кои трошат десет пати повеќе од потребното, е крајно неисплатливо. „Во индустриските објекти најмал проблем е греењето и ладењето. Старите машини се тие кои трошат најмногу струја. Фирмите мора многу поголемо значење да му посветуваат на енергетскиот менаџмент”, препорачува Митовски. Консултантот Живко Димов смета дека уште поважен фактор е компаниите да најдат други извори на енергија, како алтернатива на најскапата електрична енергија. „Покрај поставување на надворешна

35

1,7

години е повратот на инвестицијата во енергетски ефикасен бизнис

7,5%

се каматите на кредитите за енергетска ефикасност кои ги даваат банките

Како тоа се прави во развиените земји?

К

онсултантот Ристо Иванов кој со оваа проблематика се занимава повеќе години вели дека во последно време во Европа се потенцира и на фактот дека компаниите не треба да сносат ниту минимум од трошоците за воведувањето на енергетската ефикасност. „Во Европа е во зачеток формирањето на т.н. ЕСКО компании. Тие се компании кои им овозможуваат на фирмите да согледаат или да измерат до кој процент можат да заштедат. Може да им понудат решение кои тие ќе ги финансираат, а повратот на парите да биде од заштеди. Да направат проект за одредена фирма во која што тие обезбедуваат финансии или позајмуваат од банки, меѓутоа како резултат на знаење, фирмите ги склучуваат договорите со нив, но враќањето не го прави фирмата, туку од заштедите се враќа кредитот“, објаснува Иванов. „Во Македонија иако има на располагање поволни кредитни линии како што се кредитите од ЕБРД со каматни стапки помеѓу 7,5% до 8%, токму поради тоа отсуство на стручност и експертиза има многу мал износ на повлекување на средства“, велат експертите. обвивка налик на Рамстор и Скопје Сити Мол која ја препорачувам за сите фабрички хали и ускладување на системите за вентилација, од витално значење е и изборот на енергенсот кој се користи во производствениот процес. Новите машини трошат помалку енергија, но и таа малку енергија треба да е соодветно одбрана според нејзината просечна цена на слободниот пазар“, вели Димов.

маат конкуретнта предност пред остатокот


www.kapital.mk

Капитал број 802 13.03.2015

36

Енергија – Бизнис во движење

Како да изградите куќа која штеди електрична енергија?

T пишува:

Дејан Азески

dejan.azeski@kapital.mk

Трендот на заштеда на електрична енергија преку користење на обновливи извори и преку подобрување на изолациите кој некогаш беше привилегија само на најбогатите денес се повеќе добива на масовност. Ова го потврдуваат и градежните компании и компаниите кои произведуваат градежни материјали. Свеста за заштедата на електрична енергија се зголемува паралелно со зголемување на продажната цена на електричната енергија кои создаваат вистинската потреба за што помала потрошувачка на енергија. Катерина Бошкова од Југ доел Скопје, компанијата за завршни работи во градежништвото, вели дека продажбата на енергетски ефикасни материјали кај нив постојано расте, а тоа е случај и кај другите компании од тој сектор. „Квалитетната термофасада може да заштеди и до 40% од енергијата која

Трошоците за енергија на долг рок ќе станат толку големи, што застарените куќи без соодветна изолација ќе станат практично неупотребливи. Затоа, современите трендови наметнуваат покрај поголема енергетска ефикасност, куќата да има и сопствени извори на енергија

се троши за ладење и за греење, па затоа луѓето се почесто се одлучуваат да инвестираат во квалитетни градежни материјали кои обезбедуваат квалитетна термоизолација”, вели Бошковска. Иако обичните луѓе не се многу запознаети за новите трендови во термоизолација, кога ќе им се објасни дека со инвестицијата наместо 100 евра за струја во месецот ќе плаќа само 60 многу лесно се одлучуваат да инвестираат во квалитетни градежни матреријали. Најефтината термофасада чини околу 17 евра по квадрат, а најскапата е до 25 евра. Со заштедата на енергија инвестицијата се враќа за околу 3 години, објаснуваат експертите.

Градежните компании се тркаат во енергетска ефикасност

Зголемувањето на писменоста на граѓаните во однос на енергетската ефикасност врши притисок и врз градежните компании кои градат станбени згради. Во последниов период се одвива вистинска трка помеѓу градежниците кој да направи поенергетски ефикасен стан за помалку пари. Од градежната компанија „Адора Инженеринг“ велат дека се лидери во воведувањето на енергетски ефикасните домови во Македонија, за чија изградба

се употребуваат квалитетни материјали за висока изолација, се вградува термо фасада со неопор од 8 до 10 см, современа ПВЦ столарија од светски познати марки со низок коефициент на пренесување топлина, согласно европските критериуми кои се уште не се законска обврска кај нас. „Енергетски ефикасните објекти на „Адора Инженеринг“ на станарите им заштедуваат повеќе од 50% електрична енергија за греење и ладење, што резултира со намалување на сметките за струја и до 50%, споредено со претходно, што го потврдуваат станарите во елитниот станбен објект Билјанини Извори во Охрид. „Адора Инженеринг“ прва во Македонија ги воведе фотоволтажните системи за производство на енергија за осветлување на заедничките делови на колективните станбени згради, за што станарите не добиваат сметки, што, пак, значително ја намалува потрошувачката на електроенергија за заедничкото осветлување. Најновите анализи и мерења на елитниот станбено-деловен објект СкопјеЦентар-под Водно покажаа дека звучната изолација на објектот е со коефициент 3,9 db, што според стручњаците е одличен показател за енергетската ефикаснот и за квалитетот на објектот“, вели професор. д-р Ванчо Чифлиганец, генерален директор на „Адора Инженеринг“. nnn

Предвидување: Домот кој произведува енергија набрзо ќе стане неопходност



www.kapital.mk

Капитал број 802 13.03.2015

38

Капитал анализа

Што странците треба да направат за решавање на политичката криза?

А пишува:

Максим Ристески

maksim.risteski@kapital.mk

Ако до неодамна немањето политички дијалог беше проблем за кој можеше да се бара некакво решение меѓу опциите како истиот да се обнови, денес политичката криза стигна дотаму што е проблем за кој нема никаква можност да се бара решение во дијалог меѓу власта и опозицијата. Според СДСМ, власта на

ВМРО-ДПМНЕ е делегитимирана, а според ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ сака насила да дојде на власт - двете страни меѓусебе се обвинуваат дека се спремни да посегнат и по дестабилизација на државата за остварување на своите политички цели. Дека е неопходна трета страна, односно, меѓународно посредништво, е повеќе од јасно, прашањето е што и како сега можат да направат странците. Зашто, се чини, просторот за развој до актуелнава политичка криза што некои ја оценија како најдлабока по осамостојувањето, беше оставен (и) со последната поголема интервенција на меѓународната заедница; онаа преку која беше постигнат договорот од први март 2013 година, а по настаните од 24 декември 2012. На „црниот понеделник“, како што го нарекува опозицијата, „42 пратеници од опозицијата беа отстранети од Салата 1 на Собранието, со значително поголем број припадници на службата за обезбедување“, се вели во официјалниот извештај на Комисијата (составена од претставници на власта и на опозицијата) што ги испитуваше настаните од 24 декември

2012. Меѓународниот тим предводен од тогашниот еврокомесар за проширување, Штефан Филе, на први март 2013 издејствува политички договор што опозицијата ја врати во Собранието, зашто неговите препораки требаше да значат дека на следните избори во Македонија ќе бидат отстранети главните причини за недоверба (на опозицијата) во изборниот процес. Извештајот на споменатата Анкетна комисија за настаните од 24 декември, што беше првомартовски услов за добивање позитивен извештај од Европската комисија (во делот на политичкиот дијалог), едната страна, ВМРОДПМНЕ, рече дека го потпишала формално (само во интерес на евроинтеграциите) и го оквалификува како „палома-хартија со која СДСМ може да продолжи со орото пред нивниот штаб“. Европската комисија не само што не реагираше на ваквиот однос кон документот, туку во својот извештај за напредокот на Македонија во 2013 година, напиша дури и дека „консензусот за крајниот извештај покажа оти може да се најдат конструктивни решенија, со политичка волја, преку дијалог

Пендаровски: Зарем власта што е страна во споро


www.kapital.mk

Капитал број 802 13.03.2015

39

У

Стево Пендаровски

логата на странците е да им се помогне на домашните актери да направат таков договор што ќе гарантира дека политички неутрални луѓе ќе го водат предизборниот процес за да се овозможат фер и демократски избори. Ништо повеќе од тоа.

Н

Артан Груби

е треба да се гледа на ова како на мешање на странците, туку како на напор да добие кредибилитет целиот процес. Едната страна сега се сомнева во кредибилитетот на обвинителите и на судиите. А ваква загриженост дели и ДУИ, и за тоа ние имавме изјави и по случајот „Монструм“

Јасно е дека тежината на обвинувањата на СДСМ и досегашниот одговор на ВМРО-ДПМНЕ на истите, не може да ги носиме сами, како држава, како институции. Мантрата на странците за обнова на политичкиот дијалог, се чини, и ним почна да им звучи како клише, и согледувајќи ја длабочината на политичката криза, наследникот на Филе, Јоханес Хан, соопшти дека во Македонија е прифатена понудата влијателни европарламентарци да арбитрираат, и тоа пред македонската јавност да дознае дека партиите се сложиле околу странската помош. За тоа што и како треба да се очекува од меѓународната арбитража, одговори побаравме од инволвираните домашни актери и компромис“. Но, ако овој извештај на Анкетната комисија служеше повеќе како морална сатисфакција за опозицијата, за неа во договорот од први март беше многу поважна предвидената изборна реформа (за по локалните избори 2013) и ефектите од неа, во областите одделување на партијата од државата, транспарентност во финансирањето на политичките партии и на кампањите, ревизија на Избирачкиот список ... По локалните избори (за кога беше оставена изборната реформа) се одржаа и претседателските и предвремените парламентарни избори во 2014 година, кога, значи, требаше да се видат резултатите од изборната реформа предвидена со првомартовскиот договор. Во Извештајот за напредокот на Македонија во 2014 година, Европската комисија пишува дека ОБСЕ/ОДИХР нотирале оти владејачките партии не обезбедиле еднакви услови за натпревар поради непостоење на соодветна раздвоеност помеѓу партијата и државата; дека обвинувања за заплашување на гласачите постоеле за време на кампањата; оти најголем дел од мониторираните медиуми, вклучително и јавниот радиодифузер, биле пристрасни во корист на владејачката партија; дека постоела загриженост во врска со водењето и точноста на Избирачкиот список ... Но, сепак, во Извештајот стои заклучокот дека изборите биле ефикасно спроведени, а по непризнавањето на изборниот резултат од страна на опозицијата и барањето техничка влада да спроведе нови избори, на бојкотот на Парламентот од страна на СДСМ и нејзината коалиција, официјален

Брисел одговараше со апели за нивно враќање во Собранието. И така сe дури ситуацијата со „бомбите“ на Заев, и со контра-видеата снимени со посебни истражни мерки од средбите Греувски-Заев, не се разви до криза што и наследникот на Филе, Јоханес Хан, не ја оцени како (доволно) длабока. Новиот комесар за европска политика со соседството и за преговори за проширување, Јоханес Хан, и при неговата посета на Скопје, што се случи по објавувањето на втората „бомба“ на Заев, сe уште порачуваше дека „сите политички страни длабоката криза треба да ја решаваат во Парламентот“, но, веќе две седмици подоцна изјави оти „влијателни европарламентарци ја изразиле својата подготвеност да арбитрираат и дека нивната понуда е прифатена во Македонија“, без да споменува враќање во Собранието. Известувачот за Македонија, пак, словенечкиот европратеник Иво Вајгл, во резолуцијата за напредокот на Македонија предложи шефицата на дипломатијата на ЕУ, Федерика Могерини, лично да посредува во договорот меѓу партиите во земјава, сметајќи го постизборниот бојкот (на опозицијата) како проблем што треба да се реши во духот на споделена одговорност меѓу Владата и опозицијата.

Аргументите се на наша страна - се „сложуваат“ и власта и опозицијата

На прашањето како ќе се спроведува меѓународната помош за политичката криза во Македонија, најконкретен одговор даде премиерот Никола Груевски, кој изјави дека еврокомесарот Хан, и при

от сама ќе ја разреши кризата?

посетата во Скопје, и потоа во телефонски разговор, му рекол оти имаат намера да испратат еден или неколку европратеници како олеснувачи на политичкиот дијалог, и еден реномиран правник за да ги следи судските процеси. Во одговорот на Груевски на најавата од Брисел, може да се прочита релативизирање на значењето на странската помош: „Јас му кажав (на Хан, н.з.) дека што се однесува до мене како премиер, што се однесува до Владата, ние немаме против; напротив, не еден, единаесет нека пратат, зашто фактите и аргументите се добро познати, и кој и да дојде, што и да види, ќе се увери во тоа што е вистината и во тоа што и го презентиравме на македонската јавност.“ Сосем спротивен е впечатокот на опозицијата, чиј претседателски кандидат Стево Пендаровски, изјави дека „сите значајни меѓународни фактори во овој момент ја подржуваат опозицијата, не затоа што не сакаат, туку оти аргументите ни се исправни.“ Владејачката партија што инсистира во расветлувањето на аферата „прислушување“ да се вклучи меѓународниот фактор, ДУИ, очекува помош од Брисел токму во формата што Хан му ја најавил на Груевски. „Бар аме меѓ унар одна помош во инсталирањето политички дијалог помеѓу партиите. Дел од дијалогот треба да биде и изнаоѓањето начин како да се дојде до доверба од сите страни во судскиот процес. Сметаме дека треба да се делегира тим што ќе го помага политичкиот дијалог, како и експертски тим од правници и истражители,


www.kapital.mk

Капитал број 802 13.03.2015

40

Капитал анализа

што ќе ги помогне нашите домашни институции во целиот процес - во истрагата и во судскиот процес“, изјави шефот на кабинетот на Али Ахмети, Артан Груби, за „Капитал“. Тој смета дека македонското судство не треба да чувствува оти со вклучувањето на странци во судскиот процес му е загрозен суверенитетот, „зашто со самиот факт што Македонија е земја кандидат за членство во Европската унија и има аспирации за членство во НАТО, ние дел од суверенитетот, условно кажано, го делегираме во Брисел.“ „Не треба да се гледа на ова како на мешање, туку како на напор да добие кредибилитет целиот процес. Едната страна сега се сомнева во кредибилитетот на обвинителите и на судиите. А ваква загриженост дели и ДУИ, и за тоа ние имавме изјави и по случајот „Монструм“. Нашите судии и претходно имаа помош од ОБСЕ - организацијата што е дел од најчувствителните судења во Македонија, и никој не рекол дека е загорозена автономноста на судството“, вели Груби. Според него, процесот со меѓународното посредништво мора да започне брзо, а и очекувањата на ДУИ се дека така и ќе биде, и „ќе се вратиме на вистинската агенда што ги интересира граѓаните, а тоа се евроатланските интеграции.“ За разлика од партијата на Ахмети, во СДСМ не се ни размуслува за доаѓање на меѓународно реномирани правници кои ќе го оправаат судството, вели Стево Пендаровски за „Капитал“, потенцирајќи дека кога опозицијата зборува за доаѓање на странците мисли само на помош во политичкиот дијалог. „За првомартовскиот договор што го направи Штефан Филе по настаните од 24 декември, што беа неспоредливо помал проблем од сегашниот, пак ни требаа странци. Сега, без асистенција на меѓународниот фактор не може да се надмине кризата, но, само асистенција во политичкиот дијалог што на крајот треба да резултира со преодна влада.

Н

Никола Груевски

а Хан му кажав дека како премиер, како Влада, немаме против, не еден, единаесет европарламентарци нека пратат, зашто фактите и аргументите се добро познати, и кој и да дојде, што и да види, ќе се увери во тоа што е вистината.

Таа влада нема да ги решава овие големи проблеми во државата, како корупцијата, некомпетентноста и политичкиот притисок во судството, отворените афери, или спорот со името ... за тоа нема да има мандат. Таа влада ќе треба да подготви терен траењето би и се мерело во месеци, не во години - и ќе има само една цел - да подготви фер и демократски избори, и се што е потребно во таа насока. Решавањето на големите проблеми ќе остане за некоја идна влада што ќе добие легитимитет на избори“, вели Пендаровски. Инаку, тој претпоставува дека во меѓувреме „власта ќе се обиде да го заврши во правна смисла процесот против Заев, иако тоа не би имало никаков легитимитет“, и смета оти ако тоа се случи дополнително ќе ја искомплицира ситуацијата. Конкретните очекувања на опозицијата од евентуалните преговори со странско посредништво се во преодната влада што ја бараат да влезат луѓе кои ќе бидат партиски неутрални, заедно со други, нови луѓе во канцелариите на министерствата, особено на клучните. „Ништо друго не може да биде гаранција - никакви потписи на хартија - и Путин и Обама да се потпишат, веќе не веруваме на потписи. Гаранција е само ако се знае кој практично ќе го имплементира на теренот

она што е потпишано како услови за организирање фер и демократски избори. Ние и сега имаме солидни изборни закони, но, оваа власт ги прекршува како од шега“, вели Пендаровски. За разлика од него, претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на трибината во Универзалната сала побара „паралелно (со формирањето преодна влада, н.з.) веднаш да започне јавна, транспарентна и непристрасна истрага за скандалот со прислушувањето, со вклученост на меѓународната заедница.“ Ако се земе предвид последното соопштение од ЕУ (од Делегацијата на ЕУ во ОБСЕ), изгледа дека Унијата има намера да дејствува во правецот што го најавуваат ДУИ и Заев. Брисел ги повикува сите политички лидери во Македонија веднаш да преземат одговорност и да соработуваат за да го надминат политичкиот ќорсокак со тоа што ќе го обноват политичкиот дијалог и довербата во институциите во интерес на своите граѓани. Кога станува збор за институциите, од Делегацијата на ЕУ во ОБСЕ очекуваат Владата на Македонија „да осигура дека содржината и суштината на обвинувањата ќе биде целосно и транспарентно истражена, со целосно почитување на правната процедура и принципот за презумпција на невиноста". Овде позитивно за Владата е што сепак се остава простор за доверба во институциите (наспроти ставот на опозицијата), а во интерес на опозицијата е што не се бара првенствено истрага за потеклото на материјалите, туку за содржината и суштината на обвинувањата што произлегуваат од прислушуваните разговори што ги објавува Зоран Заев. За тоа како ќе се одвиваат работите по доаѓањето на странците - дали ќе почне да се наѕира некакво решение за политичката криза, во овој момент е крајно неблагодарно да се прогнозира. Сценарија може да се прават само врз база на шпекулации, но, изјавите и потезите на сите инволвирани страни не оставаат простор за такво нешто. nnn

Груби: меѓународното посредништво мора да започне брзо



www.kapital.mk

Капитал број 802 13.03.2015

42 2%

Досие Грција

0% 2008 -2% -4%

-6% -8%

32.000

БДП годишна промена 2009

2010

2011

2012

2013

БДП по жител

30.000

2014

28.000 26.000 24.000 22.000

20.000 2008

2009

2010

2011

2012

2013

2014

Како Грција дојде до банкрот?

Грекономија

Март е клучен месец за Грција. Месец во кој е неизвесно дали земјата ќе се спаси од банкрот кој и е заканува до крајот на месецот, кога Грција треба да врат долг од 1,5 милијарди евра кон ММФ. Ако премиерот Алексис Ципрас и министерот за финансии Јанис Варуфакис не ги прифатат условите кои на Грција и беа наметнати за да добие финансиски спас од банкрот, односно ако не потпишат дека ќе ги продолжат мерките за штедење, Грција се соочува со ризик да и биде прекината финансиската помош. Ако тоа се случи, тогаш Грција до крајот на месецов би се нашла во банкрот, бидејќи нема да може навреме да ги исплати обврските кои достигаат за плаќање кон ММФ. Што ќе се случи ако Грција прогласи банкрот? Што ако Грците го напуштат еврото? Дали еврото може да го преживее излезот на Грција од еврозоната? Ова се некои од прашањата кои во моментов го загржуваат целиот свет.


www.kapital.mk

Капитал број 802 13.03.2015

43 10%

30%

Извоз годишна промена

25%

5%

0% 2008 -5%

Стапка на невработеност

20% 2009

2010

2011

2012

-10% -15% -20%

2013

2014

15% 10% 5% 2008

2009

2010

2011

2012

2013

2014

-25% пишува:

М Биљана Здравковска Стојчевска biljana.zdravkovska@kapital.mk

Март е клучен месец за Грција. Месец во кој е неизвесно дали земјата ќе се спаси од банкрот кој и е заканува до крајот на месецот, кога Грција треба да врат долг од 1,5 милијарди евра кон ММФ. Ако премиерот Алексис Ципрас и министерот за

финансии Јанис Варуфакис не ги прифатат условите кои на Грција и беа наметнати за да добие Стапка на финансиски спас од банкрот, невработеност односно ако не потпишат дека ќе ги продолжат мерките за штедење, Грција се соочува 2008 со ризик да и биде прекината финансиската помош. Ако тоа се случи, тогаш Грција до крајот на месецов би се нашла во 2013 банкрот, бидејќи нема да може навреме да ги исплати обврските кои достигаат за плаќање кон ММФ. Со тоа Грција би станала единствена развиена земја која не успеала да ги сервисира долговите кон меѓународните кредитори. Министер за финансии Варуфакис се обиде да ја смири инвеститорската јавност дека Грција ќе најде начин навреме да ги исплати своите обврски. Но, светските аналитичари предупредуваат дека на Грција и остануваат многу малку опции. Грција останува без пари, а има се помалку време.

7,7% 25,80%

Ќе успее ли Грција да се спаси од банкрот? Провалијата помеѓу грчката власт и меѓународните кредитори се продлабочи уште повеќе по средбата во понеделникот. На оваа средба министерот за финансии требаше да ги презентира реформите кои земјата планира да ги прави во следниот период и со кои требаше

Јавен долг (% од БДП)

112,90% 168,80 2008

2014

БДП по жител

30.692$

2008

22.317$ 2014

Регистрирани нови возила

296.000 84.000 2008 2014

Индекс на Атинска берза

2.856 819 2008 2014


www.kapital.mk

Капитал број 802 13.03.2015

44

Досие Грција

К

Јавен долг удел во БДП

180% 170% 160% 150% 140% 130% 120% 110% 100% 2008

Јанис Варуфакис 2009

2010

2011

2012

да ги убеди кредиторите да го продолжат кредитирањето без Грција да има обврска да ги продолжи мерките за штедење на кои инсистираат и ЕУ и ММФ. Но, средбата со европските министри за финансии во Брисел траеше невообичаено кратко, околу еден час, по што земјата беше јавно предупредена да го забрза темпото на реформи и да не губи време ако сака да ги добие парите кои и се потребни за да остане солвентна. Варуфакис беше предупреден дека планот составен од шест клучни точки кој го презентираше не е доволен за да ги задоволи барањата на меѓународните кредитори. “Се чини дека само губиме време и од претходната средба со Еврогрупата, Грција има имплементирано многу малку од економските реформи потребни за да го добие пакетот од 2,7 милијарди евра за спас од банкрот”, изјави претседателот на Еврогрупата, Жероен Дијселблоем. Целиот притисок сега е насочен кон Грција да ги прифати мерките за штедење кои и беа наметнати на земјата уште во 2011 година како услов за да ја добие потребната финансиска помош и да и се отпише дел од долгот. Но, прифаќањето на овие мерки би значело вистинско самоубиство за премиерот Алексис Ципрас, кој со својата партија Сириза победи на парламентарните избори во јануари токму заради ветувањето дека ако тој дојде на власт ќе ги прекине мерките за штедење, кои според него ја уништиле грчката економија. Министерот за финансии Варуфакис неделава бомбастично изјави дека ако Еврогрупата не ги прифати реформите кои ги предлага грчката влада можно е да се организира референдум на кој грчките граѓани ќе одлучат дали Грција треба да го напушти еврото и еврозоната. Според него, неможноста на грчките власти да го испорачаат она што го ветиле пред избори ќе ја доведат земјата до уште едни предвремени избори. Министрите за финансии од земјите од еврозоната деновиве се погласно

2013

2014

министер за финансии на Грција

ако што вели и мојот премиер, ние не сме залепени за нашите фотелји. Можеме повторно да се вратиме на избори или да организираме референдум на кој граѓаните ќе бидат тие што ќе одлучат дали треба да излезат од еврозоната и на да го напуштат еврото.

предупредуваат дека Грција би можела да остане без пари во следните неколку недели ако продолжи да се однесува неодговорно и ако не продолжи со мерките за штедење. “Грција мора да го имплементираат тоа што го ветиле и особено треба да се воздржат од преземање на еднострани мерки”, смета германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле. Министерот за финансии на Словачка, Петер Кажимир, пак, смета дека грчката влада која е против мерките за штедење мора да се соочи со голата вистина за нејзината иднина во еврозоната.

Германската канцеларка Ангела Меркел е решена да ја задржи Грција во еврозоната, но потенцира дека грчките власти мора да покажат волја за имплементирање на потребните реформи. “Очигледно имаме многу тежок пат пред нас”, изјави Меркел. Некои американски економисти отворено коментираат дека Германија нема по никоја цена да и дозволи на Грција да ја напушти еврозоната и дека Германија спасувајќи ја Грција всушност се спасува себе си. Бидејќи на сите им е јасно дека ако Грција прогласи банкрот и ако излезе од еврозоната, сосема

Гринспен: Излезот на Грција од еврозоната ќе значи крај за еврото


www.kapital.mk

Капитал број 802 13.03.2015

45

Г

рчките власти мора да покажат волја за имплементирање на потребните реформи. Очигледно имаме многу тежок пат пред нас.

Ангела Меркел канцелар на Германија

Г

Волфганг Шојбле

министер за финансии на Германија

рција мора да го имплементираат тоа што го ветила и особено треба да се воздржи од преземање на еднострани мерки.

Г

Петер Кажимир

министер за финансии на Словачка

рчката влада која е против мерките за штедење мора да се соочи со голата вистина за нејзината иднина во еврозоната.

извесно е дека тој потег би го следеле и Португалија, Шпанија и уште некои други земји кои беа принудени да ги применуваат мерките за штедење.

Зошто Грците се против мерките за штедење?

Тандемот Ципрас и

Варуфакис не очекуваше дека ќе им одат толку тешко преговорите со европските министри за финансии “Либераолниот марксист” Варуфакис со својот неформален однос во високите политички кругови предизвикува големо интерес кај медиумите Со секое попуштање и прифаќање условите на кредиторите, Ципрас ќе биде под голем притисок и протести дома Сириза победи на изборите со ветување дека ќе ги укине мерките за штедење и ќе бара отпис на долгот на земјата

На 25 јануари Грците излегоа на избори на кои решија да стават крај на економската и политичката агонија. На изборите победи левичарот Алексис Ципрас и неговата партија Сириза, а мнозинството Грци ја поддржаа оваа опција во надеж дека новата влада ќе ги укине мерките за штедење кои пред неколку години и беа наметнати на Грција, да ги укине високите даноци, отпуштањето на работници, намалувањето на платите и поскапувањето на цените на услугите. Мерките на штедење кои доведоа до зголемена невработеност, резултираа со отпуштање на вработени во администрацијата, намалување на буџетот за образование и здравство, приватизација на сите клучни компании... Овие мерки и беа наметнати на Грција како услов за да го добие заемот од 240 милијарди евра одобрен од Европската Комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд. Истите беа спроведени за време на владеењето на социјалистичката влада предводена од премиерот Јоргос Папандреу, кој функцијата ја напушти во ноември 2011 година, а продолжија и во времето на кога на власт беше владата на Андонис Самарас.

Сириза: Мерките за штедење ја уништија грчката економија


www.kapital.mk

Капитал број 802 13.03.2015

46

Досие Грција

Оние кои некогаш биле дел од средната класа, со овие мерки за штедење се симнале на ранг на сиромашни луѓе. За поголем дел од Грците најголем проблем се високите даноци и невработеноста. На пример, пензионерите се соочуваат со повисоки даноци отколку пред кризата, но го чувствуваат и намалувањето на бенефициите од 30 до 50% кои претходно ги добиваа. На крајот од 2013, Грците за прв пат почнаа да плаќаат данок на имот. Колонаки, некогаш елитна населба во главниот грчки град, денеска е место на затворени трговски центри. Тоа се станбени објекти, кои во минатато биле најатрактивни и најскапи. Партијата Сириза ја водеше својата кампања преку испраќање пораки за намалување на „економската болка“, потврдувајќи го правото на Грците сами да одлучат за својата иднина. На сите предизборни митинзи Ципрас ја потенцираше цврстата линија против мерките на штедење, потенцирајќи дека тие ја лишуваат земјата од нејзиното граѓанство. Ципрас предизборно на Грците им вети дека повторно ќе преговара со меѓународните кредитори и ќе бара отпишување на долгот. Во изминатите неколку декади, грчкиот народ беше искористен од популистичките лидери, кои со децении работеа само за сопствените интереси. Но, се надеваше, или поточно веруваше во чуда, дека со едно магично стапче ќе може да се врати состојбата од 2008 година. Тешките преговори кои сега Ципрас и Варуфакис ги водат со Европската комисија покажуваат дека Грција многу тешко ќе се извлече од должничкото ропство во кое се наоѓа со години. Кон крајот на минатиот месец на Грција и беше дозволено 4 месечно продолжување на договорот за финансиска помош. Во замена за договор, кој на Атина и е очајно потребен за да се спаси од банкрот, грчките власти се обврзаа да презентираат план со конкретни реформи за борба

Рамка со фото евро драхма

Што ако Грција излезе од еврозоната?

А

ко Грција одлучи да излезе од еврозоната, тоа би значело враќање на земјата на претходната валута, односно на драхмата. Тоа сигурно би предизвикало одлив на капитал, бидејќи луѓето ќе сакаат да ги извадат парите од Грција. Тоа секако би предизвикало државата да преземе мерки за контрола на подигањето на готовина од банките за да спречи банкроти на банки. Грчкиот банкарски систем би се соочил со сериозни проблеми, бидејќи Европската централна банка ќе ја повлече нивната поддршка. Сосема е извесно дека ќе има одредени социјални протести и нереди. Ако заради неможност за редовна отплата на долговите прогласи банкрот, Грција ќе биде исфрлена од меѓународните финансиски пазари, па државата во неможност да се задолжува надвор ќе биде принудена да печати пари за да се справи со недостигот на пари во буџетот. Тоа би довело да рапидно зголемување на инфлацијата и цените во Грција. Единствената надеж би била дека тоа ќе биде само привремено, бидејќи со невработеност над 20% Грција има голема слободна работна сила за да ја зголеми продуктивноста.

Јункер: Грција никогаш нема да излезе од еврозоната


ЗА ВРВНИ МАГИСТЕРСКИ СТУДИИ НЕ МОРАТЕ ДА ОДИТЕ ВО СТРАНСТВО!

СЕГА И ВО СКОПЈЕ! • Престижна МБА програма за развој на вашата кариера • Рангирана помеѓу првите 100 во светот • Со тројна меѓународна акредитација која гарантира квалитет на наставата

УПИСИТЕ СЕ ВО ТЕК! msm.uacs.edu.mk

ЗА ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ:

Универзитет Американ Колеџ Скопје Трета Македонска Бригада 60, 1000 Скопје Тел: +389 2 2463 156

Е-пошта: globalmba@uacs.edu.mk Веб: msm.uacs.edu.mk


www.kapital.mk

Капитал број 802 13.03.2015

48

Досие Грција

Варуфакис се закани со референдум за напуштање на еврото

П

о средбата во понеделникот грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис повторно ја подигна температурата во Брисел со изјавата дека Грција ќе се соочи со референдум или предвремени избори ако Еврогрупата ги одбијат предложените реформи. Во интервју за весникот Il Corriere della Sera, Варуфакис дневен весник изјави дека ако Брисел ги одбие предложените пробели од страна на Грција ќе има проблеми. “Како што вели мојот премиер, ние не сме залепени за нашите фотелји. Можеме повторно да се вратиме на избори или да организираме референдум на кој граѓаните ќе бидат тие што ќе одлучат дали треба да излезат од еврозоната и на да го напуштат еврото”, изјавил Варуфакис. Подоцна во текот на денот грчкото Министерство за финансии мораше јавно да ја дообјаснува оваа изјава на Варуфакис, објаснувајќи дека станува збор за одговор на хипотетично прашање и дека било каков референдум кој би се одржал би се однесувал на содржината на реформите и на фискалната политика, а не за тоа дали треба да се напушти еврото, како што сугерирал шпанскиот весник.

Варуфакис: Ако се одбијат со корупцијата, да ја намали даночната евазија и да ги промени законите кои го регулираат пазарот на работна сила.

Грчкиот проблем или како Грција дојде до овде?

Компатибилни и оригинални тонери и кертриџи со врвен квалитет, професионална услуга и брза испорака.

КРЕАТИВА.инк  тел.+ 389 2 32 33 132  www.kreativa.ink

Пред да се почне со анализа на суштината на грчкиот проблем добро е да се знае колку грчката економија назадуваше за време на должничката криза. Во периодот од 2008 до 2013 година бруто домашниот производ (БДП) на Грција е намален за 25%. Намалувањето на потрошувачката и вложувањата како кај државата, така и во приватниот сектор, ја доведоа економијата во продолжена рецесија. Како последица на намаленото производство, потрошувачката и вложувањата, значително е намалена вработеноста. Според податоците на грчкиот Завод за статистика, на почетокот од должничката криза во 2008 бројот на вработени во приватниот сектор изнесуваше 3,74 милиони, но до крајот на 2013 бројката опадна на 2,78 милиони. Условите наметнати од заемот предизвикаа отпуштање на вработените

во администрацијата, но го намали и бројот на работници во приватниот сектор, од 869.000 во 2008 година на 723.000 во 2013 година. Податоците покажуваат дека во овој период полесно било да се отпуштат вработени, отколку да се намалуваат плати. Истовремено, лошите кредити во банките се искачија на рекордни 35%, од кои 60% се во корпоративниот сектор, а нивото на депозити во грчките банки се намалија на најниско ниво во последниве две декади. Јавниот долг, кој всушност претставува клучен проблем на Грција, од почетокот на кризата во 2008 година почнува да расте, за да во 2011 година го достигне максимумот од над 350 милијарди евра, за потоа по отписот на долгот се намали, а од 2012 година повторно е во пораст. Учеството на долгот во БДП во 2008 година изнесуваше 113% од БДП, за да во 2011 година достигне рекордни 170%. Во 2014 година учеството на јавниот долг на Грција е повторно високи 168% од БДП. Невработеноста во Грција во 2008 година изнесувала 7,70%, во 2013 година таа достигнала рекордни 27,3%,


www.kapital.mk

Капитал број 802 13.03.2015

49

Анимозитетот помеѓу Грција и Германија се чини доживува врв со нервозните испади на двајцата министри за финансии

за да во0 2014 година се намали на високи 25,8%. Бруто домашниот производ на Грција по глава на жител во 2014 година изнесува 22.213 долари, што е намалување од 27% во споредба со 2008 година. Очигледно Сириза има право кога вели дека мерките за штедење ја уништуваат грчката економија, бидејќи долгот продолжува да расте и покрај спроведените штедења, од кои единствен резултат се намаленото производство и намалувањето на вработеноста. Во програмата на Сириза се гледа намерата да се

реформите, ќе има референдум за излез од еврозоната


!"#


www.kapital.mk

Капитал број 802 13.03.2015

51 Дали еврото може да го преживее излегувањето на Грција од еврозоната?

В

етувањето на Сириза на гласачите пред избори дека ќе бареа отпис на долговите, укинување на мерките за штедење, зголемување на платите и социјалните трансфери за многу аналитичари значи и своевидна доброволна или присилна одлука за напуштање на еврозоната. Главната дилема е дали и колку излезот на Грција од еврозоната ќе предизвика криза на еврото? Пред неколку години беше сосема јасно дека грчкиот мораториум за отплатата на долгот кон странство ќе доведе со распад на еврото, бидејќи во таков случај од него ќе кренат раце земјите кредитори, пред се Германија. Денес е ситуацијата поинаква. Точно е дека влијанието на противниците на европските интеграции, а посебно за монетарната унија, е зголемен, но најголемите и владејачките партии во сите земји членки на ЕУ се против дезинтеграција на монетарната и трговската заедница. Така да стравот од грчката левица и нејзините потези со цел Грција да се извади од монетарната унија многу мали. Имено, ако Грција еднострано одлучи да излезе од еврозоната ќе се соочи со многу проблеми. Многумина сметаат дека излегувањето на Грција од еврозоната и напуштањето на еврото може да биде добро за земјата. Бидејќи со прогласувањето на банкрот земјата ќе се спаси од голем дел од долгот кој нема да мора да го враќа, а повторното враќање на драхмата ќе им овозможат на грчките власти да ја девалвираат домашната валута и така да го поттикнуваат извозот. Од друга страна, Грција со напуштањето на еврозоната би била присилена да го промени и трговскиот режим, односно да воведе царини, што би резултирало со напуштање на Европската унија. Ова не е нималку посакувано решение

зголеми домашната потрошувачка и да се зголемат вложувањата, но не се гледаат дали ќе се обезбеди раст на извозот, со цел да се избегне потребата од дополнително задолжување во странство. Покрај тоа, не е јасно како ќе се обезбеди солвентност на банкарскиот систем, за што сега се грижи Европската централна банка.

за Грција, посебно не сега кога конкурентноста на грчката економија почна да се зголемува, а дефицитот во размената со странство е значително намален, посебно во трговијата со ЕУ. Од друга страна, на Ципрас ќе му биде исклучително тешко на домашната јавноста да ја објасни одлуката да ги прифати условите за останување во еврозоната. Тоа би било своевидно политичко самоубиство и напуштање на се што ветил во предизборниот период. Но, сепак никој не ја исклучува можноста Грција да излезе од еврозоната и да го напушти еврото. Министерот за финансии на Италија Пјер Карло Падоан многу сликовито објаснува зошто таква можност не смее да постои.” Ако за една земја постои можност да излезе од монетарната унија, тоа значи дека таква можност постои и за другите земји кои се членови на унијата. Ако јас се прашувам, би направил се за Грција да не излезе од европската монетарна унија”, предупредува италијанскиот министер за финансии, алудирајќи дека ако Грција одлучи еднострано да излезе од еврозоната и со тоа да ја намали задолженоста, тој потег логично би го следела и Италија. Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер јавно изјави уверување дека Грција никогаш нема да ја напушти еврозоната, бидејќи ако тоа се случи би предизвикало огромни штети врз Унијата и врз еврото. Поранешниот шеф на американските федерални резерви Ален Гринспен смета дека излегувањето на Грција од еврозоната е неизбежно. Според него, излезот на Грција од еврозоната би претставувал крај на единствената европска валута –еврото. Оттука, поверојатно е дека Грција и да сака нема да и биде дозволено така лесно да излезе од еврозоната. Сириза предвидува и даночна реформа, со прогресивно оданочување, зголемување на социјалните издатоци и зголемување на платите. Ова последново е помалку важно, бидејќи реалниот пад на платите во изминативе години не е толку голем, додека во последните пет години се изгубени околу 1 милион работни места. nnn


kонцепт.

Институтот за бизнис образование КОНЦЕПТ заедно со МЦБ едукација од Белград организираат

Академија за контролинг (ниво 1, 2, 3, 4 и 5)

Институт за Бизнис и Корпоративно Образование

КАМБУРИС И БАРБА доо

Институт за бизнис образование КОНЦЕПТ во соработка со МЦБ едукација од Белград, организира Академија за контролинг која е направена по лиценца на германската Controlling Akademie Munich. Таа e соодветна на нивната “Диплома програма”, која е стандардна за германскиот контролинг.

Академијата за контролинг се состои од 5 сесии (тренинзи) по 3 дена: I. Техника во контролингот + Ниво 1 – Контролинг систем + Ниво 2 - Контролинг алатки + Ниво 3 - Контролинг планирање

II. Луѓето во контролингот

+ Ниво 4 - Психологија во контролингот и известување + Ниво 5 - Тимска работа, анализа на проблемот и презентација

Институт КОНЦЕПТ, Скопје март - јули 2015 година

Controller Akademie Munich (CA)

Controller Akademie Munich (CA) е основана 1971 година и е најголемата светска компанија специјализирана за обуки за контролинг. CA има повеќе од 50 различни тренинзи за контролинг, а најпозната е по “Диплома програмата“ од 5 нивоа. На CA обуките поминаа повеќе од 50.000 контролери и CA е синоним за “Контролинг на германски начин”. “Диплома програмата” е општ прифатен стандард за контролери во германските компании. http:// www.controllerakademie.de

За кого е наменета академијата?

Академијата е наменета за сите професионалци во контролингот и финансиите: контролерите, шефовите за контролинг, план и анализа, репортинг, економика, перформанс менаџмент, известување, аналитика, буџетирање, sales controlling, CAPEX controlling, фабрички контролери, IT controlling, business inteligence аналитичари, претпријатија кои го имаат имплементирано SAP стандардот и сл.

ДАТУМИ НА ОДРЖУВАЊЕ НА НИВОАТА Ниво

Дата

Ниво 1

30, 31 март и 1 април 2015

Ниво 2

4, 5 и 6 мај 2015

Ниво 3

27, 28 и 29 јули 2015

Ниво 4

1, 2 и 3 јуни 2015

Ниво 5

29, 30 јуни и 1 јули 2015

НАЧИН НА РАБОТА НА AКАДЕМИЈАТА ЗА КОНТРОЛИНГ + Академијата за Контролинг е соодветна на Controlling Akademie Munich. Сите материјали се преведени на српски јазик и адаптирани на домашната терминологија и окружување. Начинот на работа и методологијата е 100% идентична како и во Минхен. + Ниво 1, 2 и 3 се занимаваат со техничките алатки на контролингот (управувачко сметководство), додека нивоата 4 и 5 се занимаваат со луѓето во контролингот. + Можно е одделно да се посетува техничкиот дел (Ниво 1, 2 и 3) и делот околу луѓето во контролингот (Ниво 4 и 5). + Работа во мали групи, што гарантира висока интерактивност. + Специфика на Академијата е тоа што не постојат PowerPoint слајдови, туку тренерот активно црта и визуелизира. Овој метод се покажа како најдобар начин за пренесување на знаењето. + Академијата за контролинг е исклучително практична со што, покрај цртањето, на тренингот ќе имате прилика да видите и многу ефектни контролинг извештаи изработени во Excel (Ниво 4-Психологија во контролингот и известувањето).

Ниво 1 - контролинг систем + Контролинг системот l Поставување на цели, планирање и навигација l Принципи на контролингот l Холистички пристап на контролингот l Утврдување на ROI таргетот l Однос помеѓу менаџерите и контролерите

+ Управувачко сметководство l Контролерска коцка на трошоци l Full costing (DM, DL, MOH) или marginal costing (VT, FT). l Планирање на трошоците за кост центрите l Цена на чинење (product costing) l Contribution 1 и контрибуциски P&L

+ Донесување на одлуки во контролингот l Микс на производите l Рабат- колку дополнителни количини се потребни? l Одредување на BEP Break Even Point l Анализа на варијансата

+ Корпоративно планирање l Стратешко, оперативно и реактивно планирање l BCG матрица l Quo vadis матрица l PLC Product Life Cycle l SWOT анализа l Конкурентен профил l Стратешки план за 1 А4 страница

+ Улогата на контролерите l Контролерот како бизнис партнер на менаџерот l Организација на секторот за контролинг

Предавач: Бојан Шчепановиќ е еден од најискусните професионални тренери во Србија од областа на менаџмент, финансии и контролинг, со повеќе од 12 годишно искуство како тренер и над 950 одржани тренинзи. Тој има повеќе од 22 години искуство во областа на финансиите, контролингот и менаџментот, работејќи како сметководител, раководител на сметководствено одделение, контролор, менаџер на контролинг, финансиски менаџер и извршен директор. Има развиено 15-20 различни тренинзи од областа на контролингот, финансиите и менаџментот. Претседател е на Клубот на контролинг професионалци во Србија. Од февруари 2002 е Генерален менаџер на MCB – Menadzment Centar Beograd, специјализирана компанија за едукација на менаџери и личен развој.

n Сите заинтересирани за учество можат да се пријават најдоцна до 23 март 2015 година. n Сите учесници ќе добијат работен материјал на српски јазик, диплома за секое завршено ниво, како и финална диплома за успешно завршување на Академијата за контролинг, а која е еднаква на минхенската диплома. n Работен јазик е српски. За сите дополнителни информации во врска со академијата слободно контактирајте со: м-р Ленче Зиков и Бојана Делидинкова, тел. 02 3298 110, e-mail: institut.concept@gmail.com


Повеќе од 200 директори и сопственици на компании од повеќе од шест држави на едно место

Crowne Plaza, 26.03.2015 (четврток)

l Заживување на градежништвото како услов за стопански раст l Како да бидете дел од врвот на Југоисточна Европа и да опстанете – концерн Агрокор l Енергетска сигурност на регионов l Каде се кријат добрите кадри l Како да се зболеми трговската размена со Турција и подобро да се искористат билатералните договори l Неискористени потенцијали на агробизнисот На 26-ти март во хотелот Crown Plaza во Белград ќе се одржи 4-тата регионална конференција на Бизнис плус насловена како „Стопаствениците од повеќе од 6 држави на едно место“.

На конференцијата ќе бидат присутни над 200 учесници и по Загреб, Будва и Сараево, повторно на едно место ќе се здружат деловните информации, компаниите и медиумите од повеќе од 6 земји.

МЕЃУ УЧЕСНИЦИТЕ НА КОНФЕРЕНЦИЈАТА ВО БЕЛГРАД ЌЕ БИДАТ:

Анте Тодориќ

Ензо Смрекар

Минчо Јорданов

Јанез Шкрабец

Душко Јовановиќ

Радмила Спасиќ

Светислав Костиќ

Душан Олај

Матиц Вошњак директор на Competa

д-р Зоран Миливојевиќ

Зијад Беќировиќ

Горан Живков

извршен потпретседател за малопродажба на Агрокор и надзорниот одбор на Меркатор

директор на Delta Reat Estate

генерален директор на стратешко-деловното подрачје на Атлантик груп и член на управата во Дрога Колинска

директор на Секторот за даночно советување во Delloitte

претседател на одборот на директори на Бетон и сопственик на Макстил, винаријата Стоби и Ре-Медика

директор на Duola

директор на Рика

генерален директор на Сава осигурување

психотерапевт

МОДЕРАТОРИ НА КОНФЕРЕНЦИЈАТА СЕ:

Петар Франкл

Finance главен уредник и директор

Мијат Лакичевиќ

Novi Magazin заменикглавен и одговорен уредник

Дарко Буковиќ

Privredni Vjesnik главен уредник и директор

Ifimes директор

ПРИЈАВА И ИНФОРМАЦИИ ЗА КОНФЕРЕНЦИЈАТА / ЛИЦЕ ЗА КОНТАКТ: ГОРДАНА МИХАЈЛОВСКА

e-mail: marketing@kapital.com.mk големи партнери:

gordana.mihajlovska@kapital.mk

тел: +389 70 346 376

Seedev директор


www.kapital.mk

Капитал број 802 13.03.2015

54

CEO Profile

Алексеј Милер Газпром

К

Корпоративниот свет на директорите во секторот нафта и гас да биде брутален. Но, ако патот на кариерата на извршниот директор на Газпром Алексеј Милер покажа нешто, тоа е дека поддржувањето на вистинската политичка опција може да влијае значајно на придобивките на долг рок - што се покажа за точно поради неговото блиско пријателство со претседателот на Русија, Владимир Путин. Милер и Путин се познаваат одамна: М и л е р р а б оте л в о Коми те тот з а надворешни работи во канцеларијата на градоначалникот на Сент Петерсбург , токму кога Путин бил градоначалник во 1990тите. Денес 53 годишниот Милер е роден во Ленинград, дипломиран економист е на Институтот за финансии и економија (тој има докторат по економија) и работел како директор за развој и инвестиции на пристаништето во Сент Петерсбург, пред да стане директор на Балтичкиот нафтовод во 1999 година. Подоцна тој ја презеде функцијата заменик министер за енергетика на Руската Федерација во 2000та- истата година кога Путин од премиер ја презеде функцијата претседател.

Чистење на куќата

Од 2001 година, Милер беше на функцијата претседател на менаџерскиот комитет на Газпром. Неговото назначување за извршен директор на оваа компанија доаѓа во мај 2001- на барање на Путин- што не беше видено само како награда за неговата лојалност кон Путин, туку со овој потег Путин ја отстрани пречката што му стоеше на патот за обновување на руската економија. Ако отпуштањето на претходникот на Милер, Рем Виакхирев (извршен директор на Газпром од 1992) значеше голема лична победа за Путин, тоа исто така го ослободи патот за серија реформи кои Милер подоцна ќе ги имплементира во оваа компанија. Овие реформи се однесуваа на грижите

Путиновиот човек

Извршниот директор на Газпром, Алексеј Милер ја доби поддршката од акционерите со тоа што расчисти со корупцијата но и поради неговото долгогодишно пријателство со Претседателот на Русија, Владимир Путин. Но, деновиве не му се најблескавите во кариерата на Милер: профитот на Газпром вртоглаво паѓа заради сите случувања околу руско-украинската криза. на најголемите акционери во компанијата, вклучувајќи ја и самата држава, за односите на Газпром со трети страни. Поточно, постоеја сугестии дека Газпром направил трансакции со ентитети контролирани делумно од извршните лица на самите компании. Наводите за грабежот направен од извршните лица на Газпром исто така исплива на површина. Многу од овие обвинувања беа делумно потврдени од сметките на компанијата за финансиската 2000 година- потпишани од ревизорите на PwC. Всушност, работата на петрохемиската групација Сибур и компанијата за изградба на нафтовод Стројтрансгас беше ставена под микроскоп. Кога Милер го презеде местото на извршен директор се соочи со двоен предизвикедниот од старата менаџерска структура на Газпром, а другиот од компаниите конкуренти кои што сакаа да профитираат од хаосот со кој се соочуваше Газпром. Првата цел на Милер беше да ги придобие загубените клиенти - да го купи назад

одделот за произвдоство на гас Пургаз, кој Газпром го изгуби неколку години претходно. Така тој направи поширока стратегија која гарантираше и дека вработените нема повеќе да ја крадат компанијата. Милер потоа ја засили својата база со тоа што ги замени лојалните на Виакхирев со луѓе лојални на Путин.

Политички немир

Милер успеа да направи ред од хаосот што владееше во Газпром кога застана на негово чело. Бројките на компанијата покажуваат дека оваа компанија останува да биде една од големите ѕверови во џунглата, со тоа што се справи со глобалната економска криза во 2008. На 3 декември 2013, според податоците на компанијата, резервите на групата беа проценети на 35.7 трилиони кубни метри додека нафтата и кондензат за гас беа проценети на 3.2 милијарди тони. Волуменот на производството на гас во меѓувреме се зголеми за 13%. Газпром

Договор: Газпром склучи 30 годишен дого


www.kapital.mk

Капитал број 802 13.03.2015

55

Со Герхард Шредер, поранешен германски канцелар, сега директор на гасоводот Северен тек

Алексеј Милер со рускиот

продолжи да биде една од водечките компании во светот- произведувајќи 487.4 милијарди кубни метри на природен и течен гас, 14.7 милиони тони на кондензат за гас и 33.8 милиони тони на нафта во 2013. Во меѓувреме, природниот гас од Централна Азија остана основниот елемент на базата на извор на Газпром- компанијата прави 35.7 билиони кубни метри од овој регион. Оваа компанија исто така е сопственик на најголемиот нафтоводов во светот, способен да пренесува гас на голема далечина до клиентите во Русија и пошироко- неговата должина е 168.000 километри. Но, и покрај овие импресивни бројки, компанијата се соочува со значајни предизвици- политичката нестабилност во Украина, и кавгата меѓу Москва и Киев околу плаќањето. Газпром во моментот задоволува 30% од вкупната потреба за гас во Европа. Кога Милер јавно ја нагласи значајноста на рускиот гас за Европанотирајќи дека гасот кон Европа и Турција во мај 2013 се зголемил за 10%, и за повеќе од 5% во првите пет месеци од 2014 година, споредено со истиот период во 2013- тој знаеше дека на долг рок, клучот не е само да се направи поголем нафтовод, туку и исто и тој нафтовод да се диверзифицира. Секако, Милер не е толку наивен за да верува дека политичките немири во Украина не беа повик за будење на европските влади. Тие мораат да ја намалат својата зависност од рускиот природен гас на долг рок преку воспоставување на свои алтернативни начини за гас.

претеседател Владимир Путин договараат стратегија Милер на промоција на нови возила за транспорт на течен гас

Од друга страна пак, 30 годишниот договор вреден 294 милијарди евра на Русија со Кина- потпишан во мај 2014 година по една деценија преговори - го покажува интересот и намерите на желбите на Москва да ја диверзифицира својата база на клиенти. Потпишан од Газпром и Националната корпорација за нафта на Кина договорот вели дека Кина ќе биде снабдена со руски гас од 38 билиони кубни метри годишно.

Долгата игра

Сето ова мора да се види во подолготраен контекст. Кинезите успеаа да издејствуваат пониски цени отколку што Русија сакаше, што покажува дека Русија ќе има загуба од договорот- барем во првите неколку години- откако ќе започне да се спроведува гасот, предвидено за 2018 година. Кажано преку бројки, 38 милијарди кубни метри гас ќе им бидат годишно обезбедени за цена од 257евра по 1000 кубни метри. Газпром официјално бараше 293 евра, што е повеќе од просечната цена која ја плаќа Европа во 2013 година, според податоците на Bloomberg. За Алексеј Милер- а уште повеќе за Владимир Путин - ова е цена која вреди да се плати доколку овој договор на долг рок обезбеди политичка сигурност за Русија која плови во геополитичка несигурност. Во меѓувреме, Милер не се плаши да игра цврсто кога станува збор за односите со Украина. Кога во средината на јуни минатата година постоеше закана да се сопре снабдувањето на гас кон Украина, тој

Основана во 1989

417.000 356 46,7 13% вработени

милијарди долари приход во 2013

милијарди долари добивка во 2013

од вкупното производство на гас во светот е од Газпром рече: „Благодарение на неконструктивната позиција на украинската влада, денес беше поставен системот за припејд“. Со оглед на тоа дека ваквата изјава беше дадена на средбата со премиерот Димитри Медведев во владината резиденција надвор од Москва, може лесно да се заклучи дека ваквиот цврст став на Милер е одобрен од самиот Путин. nnn

овор со Кинезите вреден 294 милијарди евра


Капитал број 802 13.03.2015

56

www.kapital.mk

нА РУЧЕК СО...

д-р Слободан Лазаревски специјалист по гинекологија и акушерство

Секојa мојa пациентka ja советувам како да ми е мајка, сопруга или ќерка Д-р Лазаревски годинава прави триесет години стаж откако работи како специјалист по гинекологија, посветен на целосна грижа за здравјето на идните мајки , лекар кој секојдневно е сведок на најголемото чудораѓањето на детето.

д-р Лазаревски: Најголемата награда за мене е кога м


www.kapital.mk

Капитал број 802 13.03.2015

57 разговара:

Габриела Делова

gabriela.delova@kapital.mk

Д фотографија:

Дејан Азески

dejan.azeski@kapital.mk

Д-р Слободан Лазаревски, специјалист по гинекологија и акушерство во Клиничката болница „Аџибадем Систина“, меѓу своите колеги е признат како успешен и одличен лекар во областа на гинекологијата, особено во процесот на ин- витрото и проблематиката со стералитет. Многумина го препознаваат и по амбициозниот за некои и луциден исчекор, пред речиси дваесет години, кога од државно заминува во приватно здравство, во услови кога работата во Универзитетскиот Клинички центар се гледаше како врв во кариерата на еден доктор. Сепак најголемиот негов успех е основањето на нашироко препознаетата и реномирана гинеколошка болница „Мала Богородица – Систина“, која подоцна прерасна во едно од најдобрите гинеколошки одделенија во земјава кое денес е составен дел од Клиничката болница Аџибадем Систина. Иако гинекологијата не била професијата која ја сакал најмногу, тоа била хирургијата, сепак за кратко време оваа проблематика го освојува, што се гледа од неоспорените успеси и резултати што ги има во ова поле. Љубовта кон неговата професија и емоциите со кои тој зборуваше за своите пациенти не можеа да се сокријат дури и за време на двочасовниот разговор кој го имамве со него. „Она што мене најмногу ме исполнува во мојата професија е кога ќе успеам. Врв ми е кога после многу третмани ќе направиме жената да остане бремена. Често пати во моментот кога ќе се откажеме од надежта, ќе кренеме раце, ќе се случи чудо- и жената ќе остане бремена. Тие моменти на среќа неможе да се опишат. За мене најголемата награда од мојата работа е кога мајката ќе си оди дома со здраво и живо дете. Тоа е награда која не може да се плати со ништо“, раскажува др Лазаревски.

Секоја пациентка ја гледам како мајка, сопруга или ќерка

Др Лазаревски оваа година, во јуни, слави триесет години стаж, триесет години откако е целосно посветен на работата како доктор и се грижи за здравјето на жените и идните мајки. Во овие триесет години работа тој постигнал многу, а во многу работи, се докажал како пионер, визионер и лидер. Оттука не изненадува и неговата изјава кога вели дека е задоволен од досега постигнато и дека доколку се сврти наназад веројатно се би направил исто. Д-р Лазаревски е првиот кој најрано и најупорно се посветува во изучувањето и специјализирањето во оваа проблематика. Првата болница која озбилно се зафати со оваа проблематика беше нашата (Мала Богородица н.з.). Почнавме тројца, сега сме тим од 20 лица. Нашата првата пацинетка не остана бремена. Втората веднаш остана. Дали беше почетничка среќа или не, не знам. Но тоа ни даде самодоверба. Не радуваше фактот што стануваше збор за пациентки кои долги години се обидуваа и надвор од земјава да остана бремени, а успеаа кај нас“, објаснува др Лазаревски. Но, денес успешниот доктор Лазаревски, не сонувал отсекогаш да биде доктор. Како мал сонувал да биде пилот, а подоцна и режисер. Кога требало да ја донесе одлуката каде по средно училиште, одлучил да се запише на стоматологија, по стапките на неговата мајка. По две години поминати на оваа насока, сфатил дека стоматологија

не го освојува. Без многу размислување, и покрај вложениот труд од две години, решил да се запише на општа медицина на Медицинскиот факултет во Скопје. Вели дека уште од самиот почеток веднаш се создал флуидот дека оваа професија е професија со која може да им се помогне на луѓето и веднаш бил освоен. Факултетот го завршил со одличен просек -9,27. Веднаш по завршувањето стартувала акција за вработување на добрите студенти на Кличникиот центар во Скопје. Кога му било дозволено да избере на што сака да работи тој без многу размислување ја одбрал хирургијата, втора опција му била кардиологијата, а како трета, односно последна ја навел гинекологијата. По игра на судбината, завршува на гинекологија. Иако на почетокот не бил најсреќен со ваквата одлука, за кратко успеал да ја засака. Денес веќе е докажан специјалист, лекар со вистинско реноме, со неоспорени

мајката ќе си оди дома со здраво и живо дете


www.kapital.mk

Капитал број 802 13.03.2015

58

нА РУЧЕК СО...

резултати, доктор кој е исклучително препорачан особено кога станува збор за справување со стерилитетот кај пациентите. Вели, клучот за успехот во неговата кариера е во тоа што секоја жена ја гледа како мајка, жена или ќерка. „ Секоја пациентка ја гледам како мајка, жена, ќерка. Ако така ги гледате пациентите ќе го одберете најдобриот начин за советување, лекување. И ден денес после толку искуство истото го правам. Тоа мислам дека ме прави добар во мојата професија“, вели тој. Но кога велиме дека веројатно по игра на судбината завршува на гинекологија, тоа е навстина така. Лазаревски за Капитал открива податок, кој ретко пред кој го кажал, уште помалку јавно, а тоа е дека е дете на родители кои и самите се соочиле со проблемот стерилитет. Имено, по четири години постојано обидување, неговата мајка успеала да остане бремена. “И моите родители се справувале со стерилитет. Мајка ми ме добила после четири години обидување во момент кога добиле потврда дека имаат право на посвојување. Веројатно тоа е причината оти јас денес сум гинеколог“, објаснува тој. Во својата работа, која се занимава исклучиво со проблеми на жените, вели нивната доверба ја стекнува само со искреност. „Гинеколошките проблеми се испреплетуваат со психолошките проблеми - неможност да се има дете, прекинување на бременоста, неверство од парнтер. Сите тие проблеми влијаат на нив.Тоа влијае на нивните хормони и доаѓа до пореметување кое ние треба да го решеме. Ако се стекне довербата меѓу лекарот и пацинетот, базирана на искреност, ние делуваме и психотерапевстки. Така уште поуспешно се решаваат проблемите“, вели тој.

Неизвеснота е најголемата причина за поразителниот наталитет

Македонија со годинини наназад се соочува со намален наталитет. Др Лазаревски вели дека општествената состојба, невработеноста и безперспективноста се работи кои многу влијаат на ова. „Младите се повеќе го запознаваат животот, секој сака што повеќе да добие од него. Жените се покасно се одлучуваат за деца. Кариерата станува многу важна за нив. Дополнително, условите во кои живееме, промискуитетот, се порано почнување на сексуланите односи, доведуваат до сексуално преносливи инфекции кои ги оштетуваат репродуктивните органи кај жената, и тоа е исто така причина. Но, не се само социјалните и економските проблеми. Постои и нешто друго. Постои се поголема неизвесност. Со години и години не знаеме каде одиме. Неизвесноста стану многу поголем фактор отколку економскиот. Човек кој живее во неизвесност, во пресија, честопати размислува зошто да направи дете прашувајќи се како тоа дете ќе живее во овие услови“, објаснува тој. nnn

Покрај работата, велосипедизмот му е најголема пасија

М

едицината е професија во која речиси и не постои слободно време, но сепак со вистинско менаџирање на обврските слободно време може да се најде. Најголемата пасија на д-р Лазаревски, покрај гинекологијата, му е велосипедизмот. Љубовта кон оваа рекреација се родила од здравствени причини, но како што вели и самиот: “од обична рекреација велосипедизмот ми помина во хоби, а од хоби во страшна пасија и страст. Се трудам секој ден пола саат до саат да одвојам за возење“, вели тој. Иако безбројни се неговите успеси во медицината, сепак најгорд и за најголем успех во животот го смета своето семејство. „Мислам дека едноставно сум имал среќа во животот. Сум се оженил со девојката што ја сакам со која сум веќе 31 година во брак. Во животот и кариерата се сам сум постигнал. Горд сум на своите деца. Задоволен сум од себе и од семејството. Најгорд сум на семејството. Ништо друго не ми е важно како нив“, вели тој. Своите пацинетки ги советува редовно да ги прават прегледите. Оние кои пак имаат проблем да останат бремени и се сомневаат на стерилитет, ги советува што порано да побараат совет од специјалист- оти порано дијагностицираната состојба полесно се лечи.

Д-р Лазаревски: Како мал сакав да бидам пилот, па режисер




Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.