www.kapital.mk
cover story Може ли бизнисот да пилотира во политичките турбуленции?
број 803 | цена 100 ден. | 20 март, 2015 | петок | година 16
Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...
Четврта регионална конференција на Бизнис плус во Белград
политика Дали Германија наметнува нова игра на доверба меѓу Скопје и Атина?
www.kapital.mk
interview
Владимир Глигоров
професор на Виенски економски институт
Македонија ќе го урне својот углед ако на политичката криза даде недемократски одговор! анализа
Паѓа македонскиот извоз на Балканот
Се бориме за извоз во Дубаи и Катар, а забораваме на Србија и Бугарија
турција: како да се зголемat извозот и инвестициите?
Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари... број 804 | цена 100 ден. | 27 март, 2015 | петок | година 16
www.kapital.mk
Кои се сценаријата за излез од политичката криза?
Ако Груевски “нема точка на топење“, а Заев веќе го прогласи за готов, каде е просторот за компромис? Премиерот Никола Груевски, повикувајќи се на народот, односно на перцепцијата за делата што ги оствариле владите на ВМРО-ДПМНЕ, изјави дека нема точка на топење. Претседателот, пак, на СДСМ, Зоран Заев, му порача – “Готово е Никола Груевски! После девет години масакр на правната држава, на економијата, на демократијата што ја претвори во режим!“
Грција ќе истражува: Дали "Актор" поткупувал во Македонија за тендерот за автопат?! преговори со еу: Зошто поглавјата 23 и 24 станаа "алфа и омега"?
Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари... БРОЈ 804 | ЦЕНА 100 ДЕН. | 27 МАРТ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16
WWW.KAPITAL.MK
Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари... број 804 | цена 100 ден. | 27 март, 2015 | петок | година 16
www.kapital.mk
НА БИЗНИС ПЛУС МУ УСПЕА
НА ЕДНО МЕСТО НАД 200 БИЗНИСМЕНИ, ПОЛИТИЧКИ ЛИДЕРИ И МЕДИУМИ ОД РЕГИОНОТ ГРЦИЈА ЌЕ ИСТРАЖУВА: ДАЛИ "АКТОР" ПОТКУПУВАЛ ВО МАКЕДОНИЈА ЗА ТЕНДЕРОТ ЗА АВТОПАТ?! ЗОШТО ПОГЛАВЈАТА 23 И 24: СТАНАА "АЛФА И ОМЕГА" ВО ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУ?
Јубилеј 60 години Комерцијална банка
Хари Костов главен извршен директор на Комерцијална банка
Ќе останеме на врвот на банкарскиот сектор! анализа
Допрва ќе се мерат ефектите од странските директни инвестиции
Домашните инвеститори сакаат ист третман како странските
Кинеска развојна банка: ривал на ММФ и Светска банка
5та Регионална конференција
18-19 јуни 2015 Скопје - Македонија
l Со спојувања и преземања до посилни регионални компании l Како до иновативна туристичка понуда l Стартап сцена во ЈИЕ: будење на претприемачите и како државата може да помогне l Потенцијали на обновливата енергија на Балканот: искуства и перспективи l Турција: прилики за повеќе инвестиции и трговија
OSLOBO\ENJE BH NEZAVISNI DNEVNIK • Sarajevo • www.oslobodjenje.ba
Cijena: 1 KM/6 KN
16. strana
PETAK, 4. 7. 2008.
5. strana
Godina LXV • Broj 22.085
43. strana
8
Капитал број 804 27.03.2015
содржина 11 Stand BY 16 cover story
Невработеноста не е проблем, туку симптом Бизнис во политички турбуленции Принудно слетување!
24 Интервју
Владимир Глигоров економист во Виенски економски институт
Македонија ќе го урне својот углед ако на политичката криза даде недемократски одговор!
60 години 28 Јубилеј Комерцијална банка Хари Костов
24
главен извршен директор на Комерцијална банка
Ќе останеме на врвот во банкарскиот сектор!
32
Анализа
Допрва ќе се мерат ефектите од странските директни инвестиции Домашните инвеститори сакаат ист третман како странските
регионална 36 4конференција -та
На Бизнис плус му успеа На едно место над 200 бизнисмени, политички лидери и медиуми од регионот
38 Капитал анализа
Драматичен пад на македонскиот извоз на балканските пазари
42 Бизнис и политика Дали Германија наметнува нова игра на доверба меѓу Скопје и Атина? Македонија и Грција пред нов договор во април
36 Политиката и бизнисот
Владимир Глигоров
Засега нема официјални статистички податоци околу реакцијата на бизнисот откако во јавноста се обелодени аферата за прислушување, односно дали е намалено производството, извозот, приливот на странски инвестиции, но, економистите предупредија дека последиците врз економијата од евентуално ескалирање на кризата може да бидат разорни.
За овој број имаме ексклузивно интервју со угледниот економист Владимир Глигоров, долгогодишен истражувач во Виенскиот економски институт. “Остануваат политичките проблеми и ниската стартна основа, што значи дека раст од 3% или 4% не ја менува брзо сликата на подобро“, вели, меѓу другото, Глигоров за перспективите на македонската економија.
XXСтр. 16
XXСтр. 24
Турбуленции: Колку политичката криза м
Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје l Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, ка Основач и директор: Љупчо Зиков l Одговорен уредник: Биљана Здравковска Стојчевска l Печати: Графички центар Скопје, ул. Скупи бб, 1000 Скопје l Тираж: 3.000 примероци l Датум на печатење:
9
48 Анализа
16
Земја партнер: Турција Како до поголем извоз во Турција и повеќе инвестиции од таму?
60
52
Анализа
56
Свет бизнис и политика
60
CEO Profile
Државата (ќе) мора да се одвои од партијата Зошто поглавјата 23 и 24 станаа "алфа и омега" во преговорите со ЕУ?
Кина ги менува светските финансии Кинеска развојна банка ривал на ММФ и Светска банка Франс ван Хојтен директор на Philips
Ја подели компанијата за да и ја врати старата слава
62
Tete-a-tete
Златко Крамариќ Амбасадор на Република Хрватска во Македонија
За сè може да се најде решение, само ако се сака
62 Грција Симболиката зад првата мерка за градење доверба меѓу Македонија и Грција, отворање на нов граничен премин е јасна сама по себе. Поголема отвореност меѓу двете држави, значи и поголема доверба. Дали новиот договор на повидок ќе ги релаксира односите и за најтешкото прашање- она за името, во моментот е одговор кој може да се темели само на претпоставки. XXСтр. 42
може да направи проблеми за бизнисот?
ат 6, стан бр.31 l П. ФАХ 503, 1000 Скопје 25.03.2015
kонцепт.
Институтот за бизнис образование КОНЦЕПТ заедно со МЦБ едукација од Белград организираат
Академија за контролинг (ниво 1, 2, 3, 4 и 5)
Институт за Бизнис и Корпоративно Образование
КАМБУРИС И БАРБА доо
Институт за бизнис образование КОНЦЕПТ во соработка со МЦБ едукација од Белград, организира Академија за контролинг која е направена по лиценца на германската Controlling Akademie Munich. Таа e соодветна на нивната “Диплома програма”, која е стандардна за германскиот контролинг.
Академијата за контролинг се состои од 5 сесии (тренинзи) по 3 дена: I. Техника во контролингот + Ниво 1 – Контролинг систем + Ниво 2 - Контролинг алатки + Ниво 3 - Контролинг планирање
II. Луѓето во контролингот
+ Ниво 4 - Психологија во контролингот и известување + Ниво 5 - Тимска работа, анализа на проблемот и презентација
Институт КОНЦЕПТ, Скопје март - јули 2015 година
Controller Akademie Munich (CA)
Controller Akademie Munich (CA) е основана 1971 година и е најголемата светска компанија специјализирана за обуки за контролинг. CA има повеќе од 50 различни тренинзи за контролинг, а најпозната е по “Диплома програмата“ од 5 нивоа. На CA обуките поминаа повеќе од 50.000 контролери и CA е синоним за “Контролинг на германски начин”. “Диплома програмата” е општ прифатен стандард за контролери во германските компании. http:// www.controllerakademie.de
За кого е наменета академијата?
Академијата е наменета за сите професионалци во контролингот и финансиите: контролерите, шефовите за контролинг, план и анализа, репортинг, економика, перформанс менаџмент, известување, аналитика, буџетирање, sales controlling, CAPEX controlling, фабрички контролери, IT controlling, business inteligence аналитичари, претпријатија кои го имаат имплементирано SAP стандардот и сл.
ДАТУМИ НА ОДРЖУВАЊЕ НА НИВОАТА Ниво
Дата
Ниво 1
30, 31 март и 1 април 2015
Ниво 2
4, 5 и 6 мај 2015
Ниво 3
27, 28 и 29 јули 2015
Ниво 4
1, 2 и 3 јуни 2015
Ниво 5
29, 30 јуни и 1 јули 2015
НАЧИН НА РАБОТА НА AКАДЕМИЈАТА ЗА КОНТРОЛИНГ + Академијата за Контролинг е соодветна на Controlling Akademie Munich. Сите материјали се преведени на српски јазик и адаптирани на домашната терминологија и окружување. Начинот на работа и методологијата е 100% идентична како и во Минхен. + Ниво 1, 2 и 3 се занимаваат со техничките алатки на контролингот (управувачко сметководство), додека нивоата 4 и 5 се занимаваат со луѓето во контролингот. + Можно е одделно да се посетува техничкиот дел (Ниво 1, 2 и 3) и делот околу луѓето во контролингот (Ниво 4 и 5). + Работа во мали групи, што гарантира висока интерактивност. + Специфика на Академијата е тоа што не постојат PowerPoint слајдови, туку тренерот активно црта и визуелизира. Овој метод се покажа како најдобар начин за пренесување на знаењето. + Академијата за контролинг е исклучително практична со што, покрај цртањето, на тренингот ќе имате прилика да видите и многу ефектни контролинг извештаи изработени во Excel (Ниво 4-Психологија во контролингот и известувањето).
Ниво 1 - контролинг систем + Контролинг системот l Поставување на цели, планирање и навигација l Принципи на контролингот l Холистички пристап на контролингот l Утврдување на ROI таргетот l Однос помеѓу менаџерите и контролерите
+ Управувачко сметководство l Контролерска коцка на трошоци l Full costing (DM, DL, MOH) или marginal costing (VT, FT). l Планирање на трошоците за кост центрите l Цена на чинење (product costing) l Contribution 1 и контрибуциски P&L
+ Донесување на одлуки во контролингот l Микс на производите l Рабат- колку дополнителни количини се потребни? l Одредување на BEP Break Even Point l Анализа на варијансата
+ Корпоративно планирање l Стратешко, оперативно и реактивно планирање l BCG матрица l Quo vadis матрица l PLC Product Life Cycle l SWOT анализа l Конкурентен профил l Стратешки план за 1 А4 страница
+ Улогата на контролерите l Контролерот како бизнис партнер на менаџерот l Организација на секторот за контролинг
Предавач: Бојан Шчепановиќ е еден од најискусните професионални тренери во Србија од областа на менаџмент, финансии и контролинг, со повеќе од 12 годишно искуство како тренер и над 950 одржани тренинзи. Тој има повеќе од 22 години искуство во областа на финансиите, контролингот и менаџментот, работејќи како сметководител, раководител на сметководствено одделение, контролор, менаџер на контролинг, финансиски менаџер и извршен директор. Има развиено 15-20 различни тренинзи од областа на контролингот, финансиите и менаџментот. Претседател е на Клубот на контролинг професионалци во Србија. Од февруари 2002 е Генерален менаџер на MCB – Menadzment Centar Beograd, специјализирана компанија за едукација на менаџери и личен развој.
n Сите учесници ќе добијат работен материјал на српски јазик, диплома за секое завршено ниво, како и финална диплома за успешно завршување на Академијата за контролинг, а која е еднаква на минхенската диплома. n Работен јазик е српски. За сите дополнителни информации во врска со академијата слободно контактирајте со: м-р Ленче Зиков и Бојана Делидинкова, тел. 02 3216 962 и 02 3216 963, e-mail: institut.concept@gmail.com
STAND BY
www.kapital.mk
Капитал број 804 27.03.2015
11
Невработеноста не е проблем, туку симптом
Љупчо Зиков ljupco.zikov@kapital.mk http://www.facebook.com/ljupco.zikov
За Македонија да го постигне европскиот просек на вработеност, до 2020 година треба да се отвораат по 39 илјади нови работни места секоја година. Или тоа се вкупно 312 илјади нови работни места во следните осум години. Што во пракса би значело, сите кои сега се евидентирани како невработени да се вработат во следните осум години. Овие бројки покажуваат колку, гледано низ призма на економијата, Македонија е блиску до Европската унија. Светлосни години. Колку е тоа веројатно? Тоа е рамно на научна фантастика за Македонија. Која повеќе од две децении не можеше да мрдне од невработеноста од 30%, а сега како успех за фалење ја посочуваме стапката на невработеност од над 27%, до која се дојде со разно разни административи бришења и чистења на списоците. Ова е многу поразувачка перспектива за Македонија. Но, она што е уште попоразувачки е што на проблемот гледаме од сосема погрешна страна.
Р
Решение на невработеноста не може да биде државата да вработува повеќе луѓе во јавниот сектор. Или на финта да ги брише луѓето кои немаат работа од листата на невработени. А потоа тоа да ни се продава како врвна економска реформа. Решение на проблемот не е државата со пари од буџетот да прави јавни инвестиции со кои статистички ќе го “нашминка” економскиот раст, а од кои ефектот за економијата нема да го види никој друг освен неколку фирми и луѓе.
Решение на сиромаштијата не е во тоа власта да ја зголеми социјалната помош која ја исплаќа со пари од буџетот. Проблемот не се решава ниту со покачување на пензиите. Тажно е да се гледа како Македонија станува земја во која најзначаен сегмент стануваат пензионерите. И сега по кој знае кој пат Македонија повторно и објавува војна на невработеноста. Овој пат со пакет мерки за фискални стимулации на фирмите,
Во иднина главниот фокус на сите економски мери и политики мора да се стави на отворање на нови работни места во приватниот бизнис. Можеби е крајно време државата за размисли за воведување на субвенции и за домашните фирми кои ќе инвестираат и кои ќе отвораат нови работни места. Ако моделот на субвенционирање се покажува како успешен кај странските инвеститори, тогаш не треба да има дилеми дека тој ќе биде успешен и кај домашните инвеститори.
www.kapital.mk
Капитал број 804 27.03.2015
12
патот напред
односно ослободување од плаќањето персонален данок и сите придонеси, Невработеноста не е најголем проблем на Македонија. Тоа е само симптом на проблемот. Вистинскиот проблем е нискиот раст на економијата. Поточно слабиот приватен сектор кој не инвестира и не отвара нови работни места. Се поочигледно дека македонската економија е влезена во дупка со жива кал од погрешните политики кои се водат со години назад. И прво што треба да се направи е да престанеме да копаме. Бидејќи решението никогаш не е подолу во дупката. За почеток ќе биде успех ако признаеме дека економските политики кои ги водиме како држава во изминативе десетина, па и дваесет години се тотално промашување. Не смееме да продолжиме неуспехот во домашните економски политики да го покриваме со засилениот влез на странските инвестиции. Тие не се решение на проблемот со слабиот приватен сектор. Оваа или некоја следна власт ќе мора да отвори вистински дијалог со бизнис заедницата (без да ги дели на наши и ваши бизнисмени) и заедно да ги идентификуваат најголемите ограничувања за работењето на приватниот сектор и нивниот потенцијал да креираат нови работни места. Без никакви фрустрации да се идентификуваат компаниите и секторите кои имаат потенцијал да го носат економскиот раст, да инвестираат во извозно производство и да отвараат нови работни места. И потоа без никакви комплекси тие компании и сектори да го добијат истиот третман на странските инвестиции. Транспарентно и според однапред пропишани услови и критериуми. За тоа ќе бидат потребни пари. Некои ќе кажат дека Македонија е мала држава и не може да си дозволи таков вид на поддшка на економијата. Но,тоа е далеку од вистината. Македонија има пари. Недостига визија која со доволно искреност и храброст ќе се сподели и реализира. Може да правиме разно-разни потези за административно намалување на невработеноста, но болната вистина која во иднина ќе биде уште потешко да се сокрива е дека приватниот сектор и домашната економија во Македонија не отвораат нови работни места. Или поконкретно кажано која отвора многу малку работни места кои не се доволни за да ја апсорбираат новата работна сила и оние новоотпуштените од приватниот сектор. Тоа е клучниот сигнал дека економијата ни е во кома. И затоа сите показатели за раст на БДП од 3% или 4% не значат ништо ако во исто време приватниот сектор умира. Државата може да ја крепи економијата и да креира економски раст преку финансирање на јавни и инфраструктурни проекти. Но, и овие политики имаат цена. И не можат да продолжат долго, бидејќи најголем дела од овие јавни финансии се обезбедуваат преку кредити од странство или преку задолжување на домашниот пазар. Во првиот случај се зголемува надворешниот
долг, кој иако засега е низок, во еден момент станува неподнослив товар за слабата економија, а во вториот случај на домашно задолжување државата целосно се наметнува како најголем и најмалку ризичен партнер на кои банките најмногу сакаат да му позајмуваат, а приватните фирми се истиснати од пазарот. Во иднина главниот фокус на сите економски мери и политики мора да се стави на отворање на нови работни места во приватниот бизнис. Можеби е крајно време државата за размисли за воведување на субвенции и за домашните фирми кои ќе инвестираат и кои ќе отвораат нови работни места. Ако моделот на субвенционирање се покажува како успешен кај странските инвеститори, тогаш не треба да има дилеми дека тој ќе биде успешен и кај домашните инвеститори. Ако може од буџетот да се најдат пари за поголеми пензии, поголеми плати за државната администрација, бесплатно возење со автобуси, бесплатно одење на бања, тогаш мора да се може да се најдат пари и за поттикнување на нови инвестиции и нови работни места. Тоа е единствен начин со кои може да се справиме со невработеноста. И со кој може да се одржи реалната економија и индустријата во Македонија. Се друго не води на едни други стази, по кои сигурно попат ќе ја изгубиме домашната индустрија и ќе станеме земја која единствено нуди евтини услуги и евтина работна сила на големите мултинационални корпорации, кои во потрага по пониски трошоци го селат капиталот во онаа земја која ќе им понуди најниски трошоци.
Домашните фирми ја губат битката
Македонија полека, но сигурно се навлекува на слободните зони. Заедничко за сите е тоа што странските инвеститори кои ќе одлучат да отворат фирми во овие зони се ослободени од плаќање на буквално сите давачки. Не плаќаат данок на добива, не плаќаат персоналец и придонеси за вработените, не плаќаат ДДВ, не плаќаат царини за увоз на сите суровини и репроматеријали, не плаќаат акцизи. И згора на се државата од буџетот им плаќа половина од трошоците за изградба на објектите, над половина од трошоците за обуки на вработените, а во некои случаи и дел од платите на вработените... Звучи повеќе од примамливо. Суштината е на странските компании да им се намалат трошоците со што Македонија им станува екстра поволна за водење бизнис. И никој не треба да се сомнева дека со овој модел ќе се привлечат странски инвеститори. Проблемот е во нешто сосема друго. Тука станува збор за државна помош која им се дава на една категорија компании и со која директно се нарушува конкуренцијата како меѓу компаниите, така и на пазарот на работна сила. Посебно, што некои од овие субвенционирани странски компании имаат и право да продаваат на домашен пазар.
Кога веќе Владата е убедена дека овој модел дава резултати и сета енергија и ресурси се заложуваат за овој модел да успее, тогаш треба да оди храбро до крај и целата територија на Македонија да ја прогласи за слободна зона. Ако сакаме да бидеме Луксембург на Балканот, тогаш треба со политиките до се оди до крај. Целиот Луксембург е прогласен за слободна финансиска зона и таму не се прават разлика кој е со домашен, а кој е со странски капитал. Вака излегува дека во еден дел со политиките кои се водат сакаме да сме Луксембург, а во друг дел на политиките сакаме да сме Шведска. Па за едни компании Македонија е земја со ниски трошоци и евтина работна сила, а за други компании водењето бизнис во Македонија станува многу скапо и ѓаволски тешко. Вака излегува дека државата зема пари од една категорија фирми и граѓани и ги префрла на сметка на други компании и граѓани. Која е тука економската логика? Каде се тука еднаквите шанси за успех? И кој освен странците ќе може да се осмели да почне бизнис?
Кои се најголемите плаќачи на данок во Македонија?
Ако некоја власт навистина и искрено сака да го зголеми растот на економијата која се наоѓа во проблеми тогаш многу е логично прво да ги слушне компаниите што им е проблемот, или кои предуслови им се потребни за да можат да ги зголемат инвестициите, производството и вработеноста за 10 или 20%. И откако ќе ги слушне да се заложи тие нивни барања да се реализираат во пракса. Оти за жал или за среќа компаниите, а на министрите кои водат бизниси и кои одлучуваат какви потези ќе носат. И тие се хероите кои треба да се фалат за економските успеси, а не министрите. Каде се компаниите кои најмногу плаќаат данок во Македонија? Зошто во Македонија ниту министрите, ниту најголем дел од медиумите не ги споменува бизнисмените кои раководат со компаниите кои најмногу го полнат буџетот? Можеби е време да се објави и листа на најголеми плаќачи на данок во Македонија. И да се види кој колкава заслуга има во полнењето на буџетот, па согласно на тоа да има и влијание врз креирањето на економските политики. Или листа на компании кои најмногу вработуваат, но кои плаќаат придонеси и даноци за вработените. Сигурно дека на ниту една од овие листи нема да се најдат странските инвеститори кои во изминатиот период толку гласно се фалени од министрите за инвестициите што ги направиле и за големиот раст на извозот и за отварањето на работни места. Оти тие не плаќаат ниту даноци, ниту придонеси. Тие користат пари од буџетот кои го полнат некои други компании на кои не им се слуша глас. Тие не плаќаат ниту данок на добивка, ниту персонален данок на доход, ниту придонеси за здравствено и социјално осигурување, ниту царини, ниту акцизи, ниту ДДВ, ниту за обуките на вработувачите,
www.kapital.mk
Капитал број 804 27.03.2015
13
Која е логиката одредени компании и физички лица да добиваат државна помош и разни субвенции од буџетот, а други да не добиваат? Во вакви нерамноправни услови станува сосема бесмислено работењето на домашните компании во Македонија. Кои мораат да ги плаќаат сите даноци, сите придонеси на полни плати, апсурдни царини за увоз на разни суровини кои не се произведуваат во Македонија, ДДВ на сите трансакции и на енергијата која ја користат..Како што станува сосема неатрактивно работењето во компанија со домашен газда. Бидејќи вработените кај домашен газда мораат половина од својата плата да ја даваат на државата, а кај странците половина од платата им ја плаќа државата. Тука станува збор за државна помош која им се дава на една категорија компании и со која директно се нарушува конкуренцијата како меѓу компаниите, така и на пазарот на работна сила. Посебно, што некои од овие субвенционирани странски компании имаат и право да продаваат на домашен пазар. ниту за инфраструктурата која ја користат... Лесно е така да се биде голем инвеститор и извозник. Посебно кога за секој нивни проблем или пречка во работењето се растрчуваат лично министрите или кога министерот за привлекување на странски инвестиции им е главен контакт за врски со надворешниот свет. И згора на се, им се дава и преголем простор и значење во креирањето на економските политики. Па се носат мерки и закони по нивни терк, експресно се менуваат закони само за да се отстрани тоа што им смета... Да, можеби учеството на странските инвеститори во слободните зони во извозот можеби е големо. Но, тоа е големо зошто учеството на оние другите индустрии и компании кои досега го носеа извозот, загрижувачки и
континуирано паѓа. Нивното значење е големо зошто во Македонија и по три децении независност не се формираа нови производни и извозни компании кои ќе ја намалеа концентрацијата на извозот само на две или три индустрии, во кои главните извозници се компании формирани во поранешниот систем. И згора на тој неуспех, компаниите кои успеале да преживеат, и кои денес инвестираат, извезуваат, вработуваат и го полнат буџетот, целосно се игнорираат и се третираат како да се сосема безначајни. Никој не ги прашува какви мерки треба да се донесат или кои закони треба да се сменат за да им се олесни работењето и за да бидат поконкурентни. Ним им се наметнуваат закони и им се наредува како мора да работат. Им се
изрекуваат казни со кои можат да бидат затворени преку ноќ. Тоа доволно говори за правецот во кој ќе се движи македонската економија и за волјата да се изгради силна национална економија. Речиси е извесно дека и во иднина сите политики и очекувања ќе продолжат да се вртат околу странските инвеститори. Оти кога не постои волја да се прават реформи со кои ќе и се олесни на националната економија, тогаш останува само тоа. Да се надеваме и да очекуваме дека странските инвеститори ќе ни ги решат сите проблеми во економијата. И таа надеж, во недостаток на политичка волја за вистински реформи, добива митски димензии. Тие стануваат спасители на економијата. nnn
www.kapital.mk
Капитал број 804 27.03.2015
14 НАВИГАТОР
ИЗЈАВА НА неделата
> БРОЈКА
9,7%
е пораснат прометот во индустријата остварен на странските пазари во јануари 2015 во однос на истиот месец лани.
Џорџ Сорос
американски инвеститор
победник на неделата
Шансите Грција да ја напуштi еврозоната моментално се 50%. Како и да свртите Грција губи, а најдобро што може да и се случи на земјата е едвај да се провлече низ кризата. Грчкиот проблем постои веќе многу долго и од почетокот се третира на погрешен начин
Македонија ќе го освојува аф
Г
радежништвото, фармацијата, земјоделството, машинската и електро индустријата се секторите со кои Македонија може да се пробие на африканскиот пазар. Но, претходно мора да дефинира стратегија, да утврди приоритети и да воспостави квалитетни бизнис врски, велат од Стопанската комора на Македонија. Таргет ќе бидат Алжир, Тунис, Мароко и Египет, а во напорите за настап на овие пазари, Македонија може да ги користи поддршката, искуствата и знаењата од
Грција ќе истражува:
Дали "Актор" поткупува Македонија за тендеро Хи Џинпинг
+
Претседателот на Кина Хи Џинпинг може слободно да си го препише за победа на светската сцена појавувањето и поддршката што новата Азиска банка за финансирање на инфраструктурата ја добива последниве денови. Новата како што веќе ја нарекуваат Кинеската светска банка изминативе две недели успеа да добие поддршка од најголемите европски економски локомотиви како Германија, Италија, Велика Британија и Франција, кои и официјално побараа да бидат дел од основачите на новата развојна банка. По нив и Австралија и Швајцарија јавно го поддржаа овој проект, што за многу светски аналитичари значи своевиден дипломатски пораз на САД во светските финансии. Официјален Вашингтон веќе реагира прилично нервозно на поддршката што оваа развојна банка ја добива на светска сцена. Според првичните проценки, Кина сака преку оваа банка, која ќе има првичен капитал од 100 милијарди долари, да финансира изградба на инфраструктура низ Азија, но на сите веќе им е јасно дека Кина преку овој начин сака своето економско јакнење да го претвори и во поголемо политичко влијание во Европа.
Г
Грција и официјално отворила истрага против најголемата грчка градежна компанија Актор, која го гради автопатот Демир Капија – Смоквица во Македонија, за наводен поткуп на официјални претставници од Македонија за да го добијат договорот, открива најновиот извештај на Организацијата за економска соработка и развој – ОЕЦД за борбата со корупцијата во Грција. „Грчка градежна компанија наводно
понудила поткуп на официја лни претставници од БЈРМ за да го добијат договорот вреден 270 милиони евра за изградба на автопат во таа земја. Градежните работи почнаа во септември 2012 година. Грчката компанија го доби договорот иако нејзината понуда беше значително повисока – околу 40 милиони евра над понудите на конкурентите“, пишува во Извештајот. Според информациите, во корупцискиот договор биле вк лучени лица од филијалите на компанијата во Македонија, како и одделни бизнисмени од Грција. За истрагата Атина побарала помош и од официјали институции во Македонија, но бидејќи не добила помош побарала интервенција на Европската мрежа за судска соработка – Евроџаст. „Во Грција е во тек прелиминарна истрага за поткуп на странци и перење на пари. Грција побара правна помош во јуни 2014 од БЈРМ. Додека го чекаат одговорот на оваа барање, грчките власти ги контактираа своите партнери од Еуроџаст за да посредуваат во барањето„.
www.kapital.mk
Капитал број 804 27.03.2015
15
фриканскиот пазар со турска помош Турција. Стратегијата на Турција е постепено ширење амбасади во Африка. Од 2003-та кога имале само десет, дошле до бројка од околу 40. Македонија има само едно конзуларно претставништво, во Каиро, Египет. Според претседателот на Турско-африканскиот бизнис совет Тамер Ташкин, африканскиот пазар е отворен за сите видови производи.” Битно е да има производители и да постои интерес за соработка”, рече Ташкин. Македонската економија беше застапена на африканскиот пазар пред 20 години како дел од југословенската федерација. Тогаш во размената доминираа градежништвото и фармацијата.
мисла на неделата
> БРОЈКА
62.2%
изнесува просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти од нормалното искористување во февруари 2015 година
лидери
ал во от за автопат?! Според Извештајот на ОЕЦД, во корупцискиот договор биле вклучени лица од филијалите на компанијата во Македонија, како и одделни бизнисмени од Грција. За истрагата Атина побарала помош и од официјали институции во Македонија, но бидејќи не добила помош побарала интервенција на Европската мрежа за судска соработка – Евроџаст. Во Извештајот, што го пренесува и грчки Катимерини, случајот е посочен како еден од седумте во кои грчки бизнисмени поткупувале службени лица во Македонија, САД, Оман, Кипар и Алжир за да добијат одредени бизниси. ОЕЦД ја критикува Грција дека не превзема доволно мерки за истрага во вакви случаи и дека најголем дел од нив, тамошното обвинителство ги покренало по претходни пишувања на медиумите. Против Актор предкривична истрага отвори и македонското обвинителство, откако лани во март на прес конференција опозицискиот СДСМ обвини за незаконско подигање милионски суми во кеш од сметката на фирмата од банка во Неготино. За сомнителни трансакции до обвинителството извештај достави и Управата за спречување на перење пари. Како дел од истрагата беа блокирани, па деблокирани сметки на две фирми. Како заврши истрагата на обвинителството информација нема. Инаку во извештајот, објавен на 15 март годинава, се споменува уште еден случај на грчко-македонски коруптивни врски за поткуп во Телеком. ОЕЦД ја критикува Грција дека не презела никаква истрага, и покрај, како што се вели,„добро познатите поединци“ кои посредувале во поткупот. nnn
Ако веруваш дека работиш значајни работи и дека со нив го менуваш светот, тогаш најмал проблем е да станеш наутро и напорно да работиш цел ден
Лери Пејџ
извршен директор на Гугл
губитник на неделата
Хари Костов
Најголемата македонска банка останува најголем поддржувач на бизнисот и во време на криза
Алексис Ципрас
„Донесе пролет во Берлин“, односно, најави поведра иднина за Грција и за Европската унија
не им беше неделата
Хабиб Есид
Премиерот на Тунис се обидува на секој начин да најде заштита за земјата од загубите кои ги трпи поради терористичките напади
Дилма Русеф
дури 64,8% од Бразилците не го одобруваат начинот на кој нивната претседателка ја води државата
_
Бенјамин Нетанјаху Премиерот на Израел, кој, според сите анкети, требаше да загуби на неодамна одржаните избори во земјата, во последен момент заигра валкано, и со изјавата дека нема да дозволи создавање независна палестинска држава, дојде до победата, а во меѓувреме успеа да испреговара и создавање тесно мнозинство во израелскиот Парламент за да може да добие мандат за составување влада. Подоцна самиот се демантираше (поради меѓународен притисок), и рече дека не е против содавање палестинска држава, но, според САД, Нетанјаху со контрадикторните изјави не дава гаранција дека нема да го поткопува мировниот процес и планот за наоѓање конечно решение за Блискиот Исток. Оттука и најавите од Белата куќа дека САД ќе ја преиспита поддршката за Израел - традиционална и клучна за геополитичката позиција на еврејската држава. Дека Нетанјаху не дејствува конструктувно, туку го претвора Израел во се поголем провокатор, сведочат и обвинувањата дека Израелците ги шпијунирале американските преговори за иранската нуклеарна програма за да имаат материјал да лобираат во Конгресот на САД против евентуалната мировна спогодба.
Капитал број 804 27.03.2015
16
www.kapital.mk
cover story: политичкa криза
Може ли бизнисот да пилотира
Принудно
Македонските директори на компании се подготвуваат за пилотирање во турбулентен период бидејќи веќе е наивно да се очекува дека политичката криза ќе заврши брзо и со некаков договор меѓу власта и опозицијата кој ќе гарантира мирно решение. Атмосфера за дијалог нема, а исходот од целата ситуација според аналитичарите ќе биде од предвремени парламентарни избори како неизбежно сценарио, па до најцрните прогнози дека кризата може се да се комплицира до точка во која ќе биде загрозена безбедноста на државата. Тензијата меѓу двете страни во оваа политичка битка се продлабочува, а тоа му приредува голем стрес на бизнис секторот кој што продолжува да хибернира иако зимата заврши. Засега нема официјални статистички податоци кои што ќе покажат како реагирале компаниите од почетокот на февруари кога во јавноста се обелодени аферата за прислушување, односно дали и колку е намалено производството, извозот, приливот на странски инвестиции, меѓутоа, и премиерот, но и сите економисти предупредија дека последиците врз економијата од евентуално ескалирање на кризата може да бидат разорни.
Бизнисмени: партнерите од странство постојано
www.kapital.mk
Капитал број 804 27.03.2015
17
а во политичките турбуленции?!
слетување!
М пишува:
Александар Јанев
aleksandar.janev@kapital.mk
Македонските директори на компании се подготвуваат за пилотирање во турбулентен период бидејќи веќе е наивно
да се очекува дека политичката криза ќе заврши брзо и со некаков договор меѓу власта и опозицијата кој ќе гарантира мирно решение. Атмосфера за дијалог нема, а исходот од целата ситуација според аналитичарите ќе биде од предвремени парламентарни избори како неизбежно сценарио, па до најцрните прогнози дека кризата може се да се комплицира до точка во која ќе биде загрозена безбедноста на државата. Тензијата меѓу двете страни во оваа политичка битка се продлабочува а тоа му приредува голем стрес на бизнис секторот кој што продолжува да хибернира иако зимата заврши. Засега нема официјални статистички податоци кои што ќе покажат како реагирале компаниите од почетокот на февруари кога во јавноста се обелодени аферата за прислушување, односно дали и колку е намалено производството,
извозот, приливот на странски инвестиции, меѓутоа, и премиерот, но и сите економисти предупредија дека последиците врз економијата од евентуално ескалирање на кризата може да бидат разорни. „Превирањата на политичката сцена секогаш имаат импликации врз економијата. Веројатно најбрзи би биле влијанијата врз сентиментот на инвеститорите, и странски и домашни, во смисла дека тие може да ги одложуваат своите одлуки за трошење на парите до некои подобри времиња. Она што повеќе ме загрижува е што економијата отиде во целосен дефокус, односно се зголемува ризикот целосно да скршнеме од реформскиот курс што ќе има среднорочно штетни последици. Разрешувањето на предизвиците на политичката сцена ќе диктира колку брзо и со колкав интензитет ќе може да се вратиме на реформската патека“,
о прашуваат што се случува во Македонија
www.kapital.mk
Капитал број 804 27.03.2015
18
cover story: политичкa криза
Н Кочо Анѓушев
генерален директор на Фероинвест
екои наши партнери не ни ги доделија најавените нарачки, или пак, чувствуваме дека малку ги одложуваат нарачките на некои нови производи за кои веќе бевме договорени. Тоа секако влијае врз нашите планови. Не станува збор за намалување на бројот на вработени, или пак одложувања на инвестициски активности, но сигурно е дека нема да има ниту дополнително ангажирање на работници се додека не се активираат новите нарачки од нашите клиенти.
оценува универзитетскиот професор, Марјан Петрески. Професорот и аналитичар за безбедносни прашања, Методи Хаџи Јанев, вели дека состојбата на воздржаност во бизнис секторот е разбирлива бидејќи динамиките и протокот на капиталот е поврзан со ризикот, но и со стабилноста и безбедноста. „Ако немате доверливост или ако истата може да биде загрозена, бизнисот значително е предизвикан. Тоа може да отвори дилеми околу конкурентноста, заштита на интелектуалната сопственост, како и заштита на деловни информации. Овие информации секогаш бараат ексклузивитет и тајност. Сепак, оваа несигурност не е специфична само за нас. Многу посилни држави од нас се соочуваат со истиот предизвик“, изјави за медиумите Хаџи Јанев. Бизнисмените оценуваат дека политичката криза засега се сведува на неизвесност за бизнисот, но без директни негативни влијанија врз работењето. „Колку ние како бизнис сектор ќе бидеме засегнати ќе зависи од тоа каква разврска ќе има проблемот. Доколку годинава помине во знак на нови предвремени избори нормално дека тоа ќе ги забави економските активности и тоа особено ќе го почувствуваат компаниите што добиваат тендери од државата. Доколку пак кризата ескалира со масовни протести па и некакви немири, тогаш последиците врз бизнисот би биле многу полоши“, вели Митко Јанчев, генерален директор на Кожувчанка. Тој вели дека неговите странски партнери со кои што соработува често се интересирале за случувањата во Македонија, меѓутоа, повеќе коментирале со потсмев отколку што покажувале страв дека оваа криза може да биде загрижувачка. Генералниот директор на Фероинвест, Кочо Анѓушев, вели дека странските партнери што целосно се потпираат на македонско производство постојано се интересирале за политичката ситуација во земјава и
П Марјан Петрески универзитетски професор
ревирањата на политичката сцена секогаш имаат импликации врз економијата. Веројатно најбрзи би биле влијанијата врз сентиментот на инвеститорите, и странски и домашни, во смисла дека тие може да ги одложуваат своите одлуки за трошење на парите до некои подобри времиња. Она што повеќе ме загрижува е што економијата отиде во целосен дефокус, односно се зголемува ризикот целосно да скршнеме од реформскиот курс што ќе има среднорочно штетни последици. Разрешувањето на предизвиците на политичката сцена ќе диктира колку брзо и со колкав интензитет ќе може да се вратиме на реформската патека.
Политичката криза ја собори берзата?!
В
редноста на берзанскиот индекс МБИ 10 само од почетокот на февруари се намали за 4,9%, на 1.782 индексни поени. Индикативно е тоа што падот на вредноста на индексот МБИ 10 почна веднаш по првата прес конференција на премиерот кога во јавноста објави дека лидерот на опозицијата заедно со неколку негови соработници подготвувале државен пуч. Индексот продолжи да паѓа и во деновите потоа, откако и опозицијата на прес конференции почна да ги објавува таканаречените политички „бомби“ односно аудио снимки од аферата со прислушувањето. Берзите вообичаено реагираат на сите политички турбуленции. Кога се случуваат поголеми настани како на пример конфликтот во Украина, или пак изборот на новата влада во Грција, влијанието е посилно и го чувствуваат дури и наголемите светски берзански индекси.
прашувале дали тоа може некако да ги загрози испораките. Перцепцијата на странците за Македонија, според Анѓушев, довело до тоа да одбегнуваат да склучуваат поголеми зделки со нашите компании. „Некои наши партнери не ни ги доделија најавените нарачки, или пак, чувствуваме дека малку ги одложуваат нарачките на некои нови производи за кои веќе бевме договорени. Тоа секако влијае врз нашите планови. Не станува збор
за намалување на бројот на вработени, или пак одложувања на инвестициски активности, но сигурно е дека нема да има ниту дополнително ангажирање на работници се додека не се активираат новите нарачки од нашите клиенти“, вели Анѓушев. Дел од бизнисмените коментираат дека нивните странски партнери веќе свикнале на политичкиот ризик во Македонија постојано да има некакви избори, но проблематично било да се склучат договори со нови клиенти или пак да се освојат нови пазари. „Секоја политичка нестабилност во државата без оглед од каков карактер, негативно се одразува врз водењето на бизнисот. Партнерите со кои што работиме долги години веќе се навикнаа речиси секоја година да има избори во земјава, меѓутоа, проблематично е да најдете нови клиенти или да се пробиете на нови пазари. Странските партнери на нас гледаат со резерва како на компании што доаѓаат од нестабилни земји и поради тоа вообичаено одбиваат да склучат големи договори плашејќи се дека нема да можеме да им го испорачаме тоа што го бараат“, вели генералниот директор на Факом, Златко Симоновски. Генералниот директор на Макпрогрес, Глигор Цветанов, пак, вели дека првиот удар од политичката криза врз бизнисот се почувствувал преку за нијанса влошена наплатата на побарувањата. „Мислам дека се работи за психолошки феномен да се почека со плаќањето на обврски за да се види што ќе биде, меѓутоа, овој проблем мора да се реши на краток рок бидејќи секој мора да си ги плати долговите“, коментира Цветанов. Последиците од политичката нестабилност врз водењето на бизнисот веќе го анализираат и банкарите. Претседателот на здружението на банкари, Ѓорѓи Јанчевски, вели дека во зависност од исходот, банките ќе одлучуваат дали ќе прикочат со кредитирање на фирмите и граѓаните бидејќи ризикот од наплатата
Економисти: Политичката криза прво ќе ги уплаш
www.kapital.mk
Капитал број 804 27.03.2015
19
К
Митко Јанчев
генерален директор на Кожувчанка
олку ние како бизнис сектор ќе бидеме засегнати ќе зависи од тоа каква разврска ќе има проблемот. Доколку годинава помине во знак на нови предвремени избори нормално дека тоа ќе ги забави економските активности и тоа особено ќе го почувствуваат компаниите што добиваат тендери од државата. Доколку пак кризата ескалира со масовни протести па и некакви немири, тогаш последиците врз бизнисот би биле многу полоши.
на дадените заеми може драматично да се зголеми. Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, објаснува дека политичките превирања траат долго, нормално дека влијаат на бизнисот, меѓутоа, тој вели дека добар менаџер знае да се снаоѓа и во турбулентни периоди. „Ако брзината и ризикот се клучните компоненти во правење на профитот, тогаш мораме да имаме предвид дека најмала штета што може да настане е да се почека да заврши таа ситуација за да се инвестира или вработува. И тоа е она што е лошото. Мора да водиме сметка дека политичките потреси оставаат трага. Но, добриот бизнисмен знае и тоа да го изменаџира, ќе најде алтернатива. Политичките процеси ќе течат како што ќе течат, но политичарите мора да најдат решение за пократки избори, помалку присуство во јавноста и долгорочни афери, а бизнисмените да не чекаат сето тоа да се среди, туку да дејствуваат и на нови пазари и други алтернативи“, вели Азески. Искуството досега (Македонија во просек поминува низ изборен циклус на секоја година и пол) покажа дека сите бизнис активности во тој период замираат. Тоа значи дека во времетраење од тричетири месеци фирмите се воздржуваат да инвестираат „чекајќи го исходот“, наплатата на фактурите се пролонгира, како од приватните компании, така и од државата, реформите се одложуваат бидејќи државните функционери целата енергија ја насочуваат во предизборните кампањи. По правило, наместо решенија за реалните проблеми, изборите носат нов бран на популизам кој треба да регрутира гласачко тело. Неретки се проценките на некои аналитичари дека долгогодишната криза може да ескалира во поголем конфликт што ќе ја разниша безбедноста на државата. Без да се прејудицира било што, факт е дека последиците од конфликтите врз економијата се разорни. Искуството од
С Златко Симоновски генерален директор на Факом
екоја политичка нестабилност во државата без оглед од каков карактер, негативно се одразува врз водењето на бизнисот. Партнерите со кои што работиме долги години веќе се навикнаа речиси секоја година да има избори во земјава, меѓутоа, проблематично е да најдете нови клиенти или да се пробиете на нови пазари. Странските партнери на нас гледаат со резерва како на компании што доаѓаат од нестабилни земји и поради тоа вообичаено одбиваат да склучат големи договори плашејќи се дека нема да можеме да им го испорачаме тоа што го бараат.
2001 година покажа дека економијата падна во рецесија со пад од 3,1% на годишно ниво, се создаде дупка во буџетот од 5,9% од БДП, банкарите целосно го замрзнаа кредитирањето на приватните фирми.
Странските инвеститори претпазливи
Една од причините што Македонија привлекува најмалку странски инвестиции во споредба со сите други земји во регионот е токму политичката (не)стабилност на државата. „Предвремените избори се премногу често на нашата агенда и тоа испраќа неповолен сигнал кај странските инвеститори што размислуваат да инвестираат овде“, велат аналитичарите. Колку и да е добра сликата на макроекономско ниво, потенцијалните инвеститори сакаат да видат дека и другите области функционираат добро, како независно судство и ефикасна јавна администрација. Ова им дава доверба дека нивните инвестиции добро ќе се раководат и дека проблемите ќе се решаваат објективно. Колку е важна политичката зрелост на една држава за странските инвеститори можеби најсликовито досега опиша директорот на Германската стопанската комора во Македонија, Мартин Кнап. Зборувајќи дека странските инвеститори бараат стабилна клима за инвестиции, зашто во спротивно ќе го преселат капиталот во друга земја, Кнап рече дека „капиталот е како срна, на првиот шум знае да избега“. Освен извештаите како што е Doing business на Светска банка или пак Извештајот за конкурентност кои што ги сублимираат економските параметри и законската регулатива и според тоа не рангираат високо како атрактивна земја за инвестирање, странските инвеститори велат дека со еднакво внимание ги следат и извештаите
ши странските инвеститори
на Европската комисија или Стејт Департментот кои ги анализираат и факторите што ја определуваат политичката стабилност. Имајќи предвид како почна годината, со сигурност може да се каже дека странските инвеститори ќе прочитаат сериозни критики во најновите извештаи на овие меѓународни институции.
Ударни дози популизам
Ако загарантиран исход од целата ситуација се предвремени парламентарни избори, како што проценуваат најголем дел од аналитичарите, уште од сега и бизнисмените и граѓаните може да се навикнат на идејата дека во следните неколку месеци ќе сведочат на најжестока предизборна кампања до сега. Тоа значи нови потрошени државни пари, нови тормозења на граѓаните со платена политичка програма, нови билборди, флаери, тропање од врата на врата на партиски активисти, нови митинзи, нови притисоци и изборни лакрдии. За време на предизборните кампањи вообичаено многу се троши. Во тој период и земјоделците си ги добиваат парите за субвенции, најзаслужните партиски кадри добиваат место во јавната администрација, административците добиваат ветувања за повисоки плати, пензионерите за повисоки пензии. Само минатата година буџетскиот дефицит за четири месеци (во екот на предизборната кампања) достигна 200 милиони евра, што беше две третини од планираниот дефицит за целата година. Ако се анализираат буџетските податоци и од претходните два изборни циклуси, се забележува дека најголемите дефицити Владата ги прави токму пред избори, и дека секои наредни избори се трошат сè повеќе пари што ги нема, односно треба да се обезбедат со задолжување. nnn
www.kapital.mk
Капитал број 804 27.03.2015
20
cover story: политичкa криза
Груевски:
СДСМ нè втурна во политичка криза за која немаше реална причина. Сакаат без подршка од мнозинството од народот да дојдат на власт. Мислат дека ако одат со вакво црно сценарио, па, на крајот да организираат некој митинг, па, малку насилство, тогаш ќе дојдат странци, ќе се крене меѓународната, и ете им ситуација како да дојдат на власт.
Заев:
Веќе е кристално јасно дека во Македонија нема независен правосуден систем и дека нема правда. Институциите се окупирани од мала група на чело со Груевски и се принудени да работат исклучиво за нивните лични и бизнис интереси. Оваа власт повеќе нема легитимитет. Решение е преодна Влада за враќање на слободата и демократијата.
Кои се сценаријата за излез од политичката криза?
Ако Груевски “нема точка на топење“, а Заев веќе го прогласи за готов, каде е просторот за компромис? Премиерот Никола Груевски, повикувајќи се на народот, односно на
перцепцијата за делата што ги оствариле владите на ВМРО-ДПМНЕ, изјави дека нема точка на топење. Претседателот, пак, на СДСМ, Зоран Заев, му порача – „Готово е Никола Груевски! После девет години масакр на правната држава, на економијата, на демократијата што ја претвори во режим!“ Овде просторот за компромис е еднаков на нултата тежина што ја имаа апелите на меѓународните претставници опозицијата да се врати во Собранието, упатувани пред климаксот на политичката криза. Сепак, ова некако ќе заврши, а добро е што аналитичарите ги отфрлаат, или барем не сакаат да ги коментираат сценаријата што вклучуваат насилен конфликт Максим Ристески
А
maksim.risteski@kapital.mk
ко се заклучува според изјавите и останатите сигнали што ги даваат двете судрени страни, нема простор за компромис околу причините за политичката криза во Македонија, и соодветно, за начинот истата да биде надмината, а секој следен ден се докинуваат и последните нишки што би можеле да претставуваат некаква основа за дијалог. И ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ оставаат впечаток дека своите позиции
сакаат да ги забетонираат со што повеќе слоеви пред да почне преговарачкиот процес под меѓународно посредништво. Премиерот на Владата на Македонија, и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, со „походот од град во град“ што почна од Скопје со собирот во Спортската сала „Борис Трајковски“, сè пожестоко ја утврдува позицијата дека неговиот опонент, претседателот на СДСМ, Зоран Заев, за да дојде на власт прифатил да биде инструмент на странски разузнавачки служби со антимакедонски цели, поради што Груевски изјави дека политичката криза ќе заврши со правна постапка во која против Заев имало такви
докази што „и брат му да е обвинител ќе му биде непријатно кога ќе ги види“. Секако, по ваквиот став јасно е дека Груевски не го прифаќа барањето на опозицијата за преодна влада, која, како што рече, „е можна и остварлива, но, без ВМРО-ДПМНЕ во неа“. Заев, пак, со сè пофреквентно одржување прес-конференции (од неодамна и диверзифицирани во однос на локациите и на личностите што се појавуваат како презентери) на кои емитува снимки од прислушувани телефонски разговори со кои се инкриминираат функционери на ВМРО-ДПМНЕ, инсистира на содржината на истите, а не на потеклото, за кое тврди
Климовски: Државата е во прашање, не партиите и личните суети
www.kapital.mk
Капитал број 804 27.03.2015
21
Т Саво Климовски универзитетски професор
реба да се создаде амбиент премиерот Груевски да направи одредени отстапки од неговиот став дека како политички победник на изборите тој ги диктира условите – во смисла, да замоли одредени луѓе од Владата и од други функции си поднесат оставки. Со ова може да се направи приближување меѓу спротиставените страни.
дека е од „граѓани-патриоти кои работат во домашните тајни служби, а кои не можеле да го поднесат ова што се случува(ло) во Македонија со газењето на уставниот поредок“. Без разлика на целосната недоверба во правосудниот систем, СДСМ не престанува да поднесува и кривични пријави поврзани со содржината на емитуваните прислушувани разговори – во последниот наврат поднесе дури 21 кривична пријава одеднаш, за барем, како што велат од опозициската партија, да остават пишан траг што ќе води до некое идно обвинителство и некој иден суд. Заев оставката на актуелниот јавен обвинител, Марко Зврлевски, ја побара во пакетот во кој главно инсистира на оставка на Владата како почеток на решението за излез од политичката криза, но, за сериозноста на јавните оспорувања на независноста на јавното обвинителство, сведочи и тоа што покрај СДСМ, оставка од Зврлевски побара дури и партијата ДОМ, што е дел од владината коалиција. Другиот коалициски партнер на Груевски, поранешниот министер за внатрешни работи и претседател на партијата Демократски сојуз, Павле Трајанов, не бара оставка од обвинителот, но, смета дека во Македонија правосудниот систем е сериозно нарушен, односно, оти е зависен од политичко влијание, и потребно е да се измени доколку јавноста сака да види некаква разрешница на случаите што ги отвора аферата „Прислушување“.
И за двете страни клучот за решението е кај народот, а не кај странците
Многумина сметаат дека на Македонија и се случува најголемата политичка криза по осамостојувањето, и оти знаците за ваков развој на настаните се појавиле многу порано, што значи многу порано и требало да се почне со барањето решение, а тука
П
Алберт Муслиу политички аналитичар
првенствено се визира меѓународната заедница, која дури сега најави конкретно вклучување. На Груевски не му беше тешко да погоди (при обраќањето во Спортскиот центар „Борис Трајковски“) дека најважното прашање за народот во актуелната политичка криза е - како сето ова ќе заврши? Можните сценарија за разврска се движат од варијанти што предвидуваат создавање услови за мирно, политичко, и институционално решавање на кризата, до такви што би значеле дебакл на напорите да се изнајде политичко решение, односно што завршуваат со конфликт, на меѓупартиска, меѓуетничка или меѓуконфесионална основа. Во секој случај, се смета на помош од странците, за која засега, со неофицијална потврда и од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ, се знае дека еврокомесарот за добрососедска политика и преговори за проширување на Унијата, Јоханес Хан, ги поканил двете страни набрзо да почнат преговори во Брисел. Неофицијално, Хан чекал јавното обвинителство на Македонија да ја испрати поканата до Европската унија (што веќе се случи), со која се бара нејзини експерти да дојдат, и да бидат во тек со работата на обвинителството по предметите поврзани со аферите „Пуч“ и „Прислушување“. Странската помош ја побара опозицијата, како асистенција во политичкиот дијалог, кој, според СДСМ треба да резултира со формирање преодна влада. ВМРОДПМНЕ, пак, не се противи отворено на вклучувањето на меѓународната заедница, но, во реториката на владејачката партија може да се прочита, најблаго кажано, релативизирање на улогата на странската помош. Груевски кога кажа дека еврокомесарот Хан, и при посетата во Скопје, и потоа во телефонски разговор, му соопштил оти имаат намера да испратат еден или неколку европратеници како
рвата фаза би била постигнување договор околу условите под кои би функционирала преодната влада, втората (фаза) би била нејзиното формирање. Не исклучувам премиерот на преодната влада да биде од ВМРО-ДПМНЕ која го има мнозинството во Собранието, но, тој нема да биде од гарнитурата во актуелната Влада.
олеснувачи на политичкиот дијалог, и еден реномиран правник за да ги следи судските процеси, го изјави и следново: „Јас му кажав (на Хан, н.з.) дека што се однесува до мене, како премиер, и што се однесува до Владата, ние немаме против; напротив, не еден, единаесет нека пратат, зашто фактите и аргументите се добро познати, и кој и да дојде, што и да види, ќе се увери во тоа што е вистината, и во тоа што и го презентиравме на македонската јавност.“ Во една од последните изјави, од собирот на ВМРО-ДПМНЕ во Битола, Груевски кажа работи што се неспорни, но, во актуелната ситуација (најавите за вклучување на меѓународната заедница во барањето решение за кризата) добиваат контекст на резервираност, па, дури и на став дека странците однапред се ставаат на страната на опозицијата (со сè што тоа би значело и во однос на поводот за кризата): „Секој мора да ги уважува Уставот и законите на државата. Секој мора да го почитува народот. И внатре, и надвор. Без оглед кој колку е моќен или не. Колку е голем или не. На овие теми, ние немаме точка на топење. Во прашање се нашиот опстанок, нашите права на постоење, на слобода и на избор“, изјави премиерот. И опозицијата, веројатно стравувајќи дека кај народот може да помине тезата на ВМРО-ДПМНЕ дека Заев е марионета спремна да одработи за одредени надворешни интереси чија цел е капитулација на државата, само за да дојде на власт, во меѓувреме го минимизираше значењето на странската помош, и се повика на македонскиот народ како носител на решението за кризата: „Ќе има одредени обиди да ни помогнат, но, ние не сакаме Македонија спасот да го бара надвор од државата. Решението, клучот на нашите проблеми, е кај нас. Не кај нас, како СДСМ, туку кај македонските
www.kapital.mk
Капитал број 804 27.03.2015
22
cover story: политичкa криза
граѓани. Утре, кој било Европјанин ќе дојде и ќе си замине од Македонија, ама нашиот живот и татковина е една“, изјави вториот човек на СДСМ, Радмила Шекеринска. Она околу што се сложуваат и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се меѓусебните обвинувања дека за остварување на своите цели ќе посегнат и по насилни сценарија. Двете страни се усогласени и за тоа дека нема да му дозволат на противникот да ја воведе земјата во конфликт. Ваквите сценарија политичките аналитичари не сакаат да ги коментираат.
Саво Климовски: Груевски да жртвува некои министри, а и Заев да одговори со компромис
Универзитетскиот професор по уставно право и политички систем, и поранешен претседател на Собранието на Македонија, Саво Климовски, смета дека доцна почнало да се бара решението за актуелната политичка криза, чиј развој, барем искусните политичари, би требало да можат да го предвидат, но, сепак, не го сториле тоа. Потсетува дека уште по последните избори (предвремените парламентарни и претседателските што се одржаа лани), тој апелирал да се најдат механизми за решавање на кризата, чија идна димензија ја најавиле околностите под кои СДСМ одби да влезе во Парламентот. „Веднаш по изборите преку печатот се обратив до претседателот на државата дека треба да ја реши политичката криза, односно, оти треба да изгради соодветни механизми за да почне да ја решава, зашто таа сè повеќе ќе ескалира, како што, за жал, ескалираше. Никој не беше свесен, дека без разлика што не беше спорна победата на ВМРО-ДПМНЕ, надоаѓа политичка криза со тоа што СДСМ не влезе во Парламентот. А тоа требаше да се предвиди, зашто во политиката ако не предвидите, подоцна плаќате со огромни камати“, вели Климовски за „Капитал“. Тој смета дека ќе било многу полесно да се решава кризата ако олеснувачите од Европската унија дојделе на време, и на време ја согледале тежината на кризата, наместо само да упатуваат апели до двете страни да седнат да се договорат. Според него, Собранието е незаобиколна адреса преку која мора да поминат одлуките за кое и да е решение. Големото прашање е „само“ – како СДСМ да влезе во Парламентот? „Треба да се создаде амбиент премиерот Никола Груевски да направи одредени отстапки од неговиот став дека како политички победник на изборите тој ги диктира условите – отстапки, во смисла, да замоли одредени луѓе од Владата и од други функции да си заминат, да си поднесат оставки. Со ова може да се направи приближување меѓу спротиставените страни, за да може да се седне, да се разговара. Од страната на СДСМ, пак,
отстапките би биле, покрај влегувањето во Парламентот, прифаќањето да се спроведе една мини програма што би била приоритет во Собранието, а која би предвидувала опозициските почетни пет барања да се расчленат по носители (институции) и по време (рокови), односно, да се знае до кога треба да бидат исполнети“, вели Климовски. Според него, за да се намали недовербата во изборниот процес, треба да се направи и попис (по неуспешниот од 2011 година), и врз основа на резултатите да се прочисти избирачкиот список. Потоа, да се оддели партијата од државата, што смета дека не е лесно, зашто бара длабока реконструкција на уставниот и на политичкиот систем. „Ние имаме така застарени институции кои не содржат внатрешно контролни механизми за да не дојде до вакви ситуации. Ако овде нема промени и СДСМ ќе може да владее по истиот систем. Затоа, со сите стравови што ги носи отворањето на Уставот, по расправа со која не би се брзало, тој мора да се отвори, како гаранција дека во институциите ќе се вградат заштитни механизми“, вели професорот. Според него, за техничка или преодна влада може да се размислува откако ќе се исполни погоре кажаното. Смета дека обвинителско-судските процеси од случаите „Пуч“ и „Прислушување“, во меѓувреме треба да се замрзнат, или да се најде друг начин за да се спречи нивното негативно влијание врз политичката клима за преговори. „Ако се постапува по кривичните пријави во политичкиот, преговарачкиот процес, ќе нема решение“, вели Климовски, кој смета и дека ако се сака да успее преговарачкиот процес, треба СДСМ да престане со прес-конференциите (со „бомбите“), зашто и досегашните објави се покажале како ефикасно средство за притисок врз власта. Според професорот, меѓународните претставници треба да бидат само гаранција дека тоа што е договорено меѓу двете судрени страни ќе се спроведува. „Од нив не треба да се очекуваат решенија. Нивната цел ќе биде да ни кажат дека државата е во прашање, оти веќе не се работи за партии или за лични суети. Да ги соочат домашните актери со одговорноста.“
Алберт Муслиу: Ќе има политички договор за преодна влада
За политичкиот аналитичар Алберт Муслиу најлогичното сценарио е во наредниов месец да има интензивирање на посредништвото од меѓународните претставници, за да седнат на заедничка маса, на крајот и јавно, двете спротиставени страни, и да се постигне политички договор што ќе резултира со формирање преодна влада.
„Странците ќе го олеснат дијалогот што на почеток нема да оди преку највисоките канали, но, на крајот ќе заврши со тоа што главните личности од двете страни - Никола Груевски и Зоран Заев, ќе потпишат политички договор. Договорот ќе подразбира прифаќање на влада, да ја наречеме преодна, која согласно договорот ќе има одредени, конкретни обврски. Тие обврски се ефикасно одвојување на партијата од институциите на државата, што ќе значи интервенции во деловите за кои опозицијата има најголеми забелешки, како во правосудството“, изјави Муслиу за „Капитал“. Тој смета дека би било логично евентуалниот политички договор да подразбира и враќање на опозицијата во Парламентот, зашто нема друго место каде што сите договорени точки, вклучително и преодната влада, може да добијат легалитет. Муслиу не ја исклучува можноста премиерот и на преодната влада да биде избран меѓу кадрите на ВМРО-ДПМНЕ: „Ако првата фаза би била постигнување договор околу условите под кои би функционирала преодната влада, втората (фаза) би била самото формирање на оваа влада, чии персонални решенија би требало да се лиферуваат уште во тек на преговорите. Личностите што ќе влезат во преодната влада, секако, ќе треба да бидат прифатливи и за двете страни – односно, ВМРО-ДПМНЕ ќе бара тие да не бидат експоненти на СДСМ, и обратно. За премиерот особено ќе се преговара, а не исклучувам тој да биде од ВМРО-ДПМНЕ, зашто оваа партија, сепак, го има мнозинството во Собранието, но, премиерот нема да биде од гарнитурата во актуелната Влада“, вели Муслиу. Тој смета дека евентуалната преодна влада би траела не помалку од една година, зашто би морала да направи сè од наброеното (во сценариото што Муслиу го предвидува), а тука се подразбира и организирање попис на населението, па, прочистување на избирачкиот список, и консолидирање на сите стожери од кои зависи дали изборите ќе бидат фер и демократски. „ВМРО-ДПМНЕ ќе се труди преодната влада да има што пократок мандат, а СДСМ што подолг. Првата поради стравување од натамошен пад на рејтингот, а втората зашто ќе очекува преодната влада обврските да си ги заврши што поцелосно“, смета аналитичарот. На прашањето дали во реториката на премиерот Груевски гледа простор каде што би можело да се бара компромисот што го предвидува ова сценарио, Муслиу одговори дека „тоа што изгледа оти премиерот не остава простор за компромис, има за цел подобро позиционирање пред седнувањето на заедничка маса со другата страна со посредништво од меѓународната заедница“. nnn
Муслиу: Долго слушавме едно за ВМРО-ДПМНЕ, а сега сосем друго
3
специјален прилог - жените и бизнисот
април 2015
moќ. лидерство. одлуки. l капитал анализа:
кои се најмоќните жени во македонија? зошто се најмоќни?
l колкава е моќта
на жените во македонскиот бизнис?
l кои жени и каде
дрмат во управните одбори во компании, јавни претпријатија и институции?
l зошто е добро
да се има жени во управни одбори?
l капитал интервјуа со моќните жени во македонија
Повеќе информации во врска со прилогот и за претставување во истиот можете да добиете на е-мail: marketing@kapital.mk l sanja.savovska@kapital.mk или на телефонскиот број 02 3280 910
Лицe за контакт:
Сања Савовска
Капитал број 804 27.03.2015
www.kapital.mk
24
Владимир Глигоров економист во Виенски економски институт
Македонија ќе го урне својот углед ако на политичката криза даде недемократски одговор!
www.kapital.mk
Капитал број 804 27.03.2015
25 За излез од моменталната политичка криза во Македонија, очекувам да се бараат демократски средства. Кога станува збор за политички судир и за спор околу легитимноста на владата, и доколку е јасно дека таа криза ќе има демократски исход, тогаш се очекува дека ќе се прашаат за мислење гласачите на слободен и фер начин, и во таков случај меѓународниот углед и стопанските очекувања не би требало да трпат штета. Меѓутоа, ако прашањето на легитимноста на владата не наиде на демократски одговор, тогаш без сомнежи, меѓународниот углед ќе се наруши.
Г разговара:
Александар Јанев
aleksandar.janev@kapital.mk
XX Г-не Глигоров, какви се вашите очекувања за разврска на актуелната политичка криза во Македонија и колкава е опасноста најголем губитник од оваа политичка битка да излезе бизнисот? За излез од моменталната политичка криза во Македонија, очекувам да се бараат демократски средства Во одреден момент, мислам дека ќе треба повторно да се прашаат граѓаните во кој имаат доверба и што треба да се стори за да се стабилизира земјата политички. Тоа значи дека најдобро би било политичките потреси да се гледат како предизборни натпревари. XX Колку политичката криза ја загрозува меѓународната позиција на Македонија, особено кога станува збор за трговската размена и привлекувањето на странските
инвеститори? Трговската размена и перцепцијата на странските инвеститори може да се нарушат особено во земји каде што има ризик дека ќе се користат и недемократски средства за да се постигне некоја политичка цел. Во такви случаи впрочем се зголемуваат сите ризици. Ако станува збор за политички судир и за спор околу легитимноста на владата, и доколку е јасно дека таа криза ќе има демократски исход, тогаш се очекува дека ќе се прашаат гласачите на слободен и фер начин, и во таков случај меѓународниот углед и стопанските очекувања не би требало да трпат штета. Меѓутоа, ако прашањето на легитимноста на владата не наиде на демократски одговор, тогаш без сомнежи, меѓународниот углед ќе се наруши. XX Може ли според Вас, посредувањето на меѓународната заедница да помогне да се одбегнат најцрните сценарија во Македонија? Вклучувањето на меѓународни посредници секако може да помогне во надминување на некои проблеми. Меѓутоа, криза на легитимност на една влада, доколку не се реши на траснпарентен начин и со учество на јавноста, и конечно со избори, не може да се заврши со договор со странски посредници. Меѓународната заедница е многу важна за стабилноста на земјата и во таа насока би требало да се консултира и известува за тековните проблеми, но сепак јас очекувам решението да дојде од носителите на
легитимноста во земјата. XX Домашната економија и во нормални услови остварува ниски стапки на економски раст, а после четврт век транзиција се уште се соочува со енормни стапки на невработеност и сиромаштија. Какви структурни реформи може да ја извлечат економијата од овие проблеми? Факт е дека во последните неколку години македонското стопанство има подобри резултати отколку соседните земји. Делумно тоа е последица на структурните реформи, но заслуга има и монетарната политика и зголемените вложувања на државата. Меѓутоа, состојбата на пазарот на трудот е и понатаму тешка, со стапка на невработеност блиску до 30%. Бидејќи станува збор за долгорочен проблем, не може да се бараат вообичаени структурни реформи како одговор, туку вистински развојни мерки. Пред се мислам на поголеми вложувања во образованието, во физичка и институционална инфраструктура и мерки што ќе го поттикнат претприемништвото. XX Има ли капацитет македонските производи да се продаваат повеќе и во регионот но и на други пазари? Со какви производи може да го зголемиме извозот? За мала земја во развиен дел на светот важно е да биде интегрирана во производствените синџири, а не мора да има свој специфичен производ, особено кога станува збор за индустријата и разменливите услуги. Меѓутоа, ако сакаме повеќе да ги
Ако ја споредиме Македонија со останатите земји од регионот, барем со оние кои што не се членки на Европската Унија, може да се каже дека имаме одредени предности што ќе ги привлечат странските инвеститори. Меѓутоа, проблемот е што перцепцијата на странците за целиот регион не е поволна, така што конкурентноста на еден или друг мал пазар не е пресудна во случаи кога тие одлучуваат дали ќе инвестираат. Поголемите земји во регионот се уште поминуваат низ тешка криза и тоа е ограничувачки фактор.
www.kapital.mk
Капитал број 804 27.03.2015
26
интервју
Татко ми беше спремен да го даде животот за земјата и тоа за малку беше реално да се оствари. Тој имаше многу високи очекувања, но јас сум пореален. После 24 години независност, можам да кажам дека е успех што земјата воопшто се сочува.
освоиме регионалните пазари, тогаш наш најголем адут се земјоделските производи и затоа би требало целата енергија да ја насочиме кон поголемо и поконкурентно земјоделско производство. Пазарите во регионот се желни за македонски земјоделски производи. XX Колку е според вас Македонија навистина инвеститорски рај како што ја промовира Владата ако се споредиме со останатите земји во регионот? Како би можеле уште повеќе да ги привлечеме странците да
инвестираат кај нас? Ако ја споредиме Македонија со останатите земји од регионот, барем со оние кои што не се членки на Европската Унија, може да се каже дека имаме одредени предности што ќе ги привлечат странските инвеститори. Меѓутоа, проблемот е што перцепцијата на странците за целиот регион не е поволна, така што конкурентноста на еден или друг мал пазар не е пресудна во случаи кога тие одлучуваат дали ќе инвестираат. Поголемите земји во регионот се уште поминуваат низ тешка криза и тоа е ограничувачки фактор.
XX Каква перспектива има Македонија на среден рок и каде ја гледате во споредба со останатите држави од регионот? Земјата е меѓу посиромашните на Балканот и згора на се оптоварена со основните економски проблеми, пред се на пазарот на трудот. Освен тоа, европската перспектива не се подобрува, па дури и се влошува. Ако ги анализираме ефектите од последната финансиска криза, може да се каже дека Македонија помина со помалку последици отколку Србија, Бугарија или Грција, и јас мислам дека прогнозите за пораст на бруто
Глигоров: После 24 години независност, успех е ш
www.kapital.mk
Капитал број 804 27.03.2015
27 Македонија е меѓу посиромашните земји на Балканот и згора на се оптоварена со основните економски проблеми, пред се на пазарот на трудот. Освен тоа, европската перспектива не се подобрува, па дури и се влошува. Ако ги анализираме ефектите од економската криза, може да се каже дека Македонија помина со помалку последици отколку Србија, Бугарија или Грција, и јас мислам дека прогнозите за пораст на бруто домашниот производ (БДП) од 3% до 4% во следните неколку години се реални. Меѓутоа, остануваат политичките проблеми на домашен терен и ниската стартна основа, што значи дека стапка на раст од 3% или 4% не ја менува брзо сликата на подобро. Политичките проблеми може да се решат на демократски начин, но другиот проблем бара многу време и труд. домашниот производ (БДП) од 3% до 4% во следните неколку години се реални. Освен тоа, ако регионот излезе од рецесијата, тоа би требало да е добра вест и за Македонија. Меѓутоа, остануваат политичките проблеми на домашен терен и ниската стартна основа, што значи дека стапка на раст од 3% или 4% не ја менува брзо сликата на подобро. Политичките проблеми може да се решат на демократски начин, но другиот проблем бара многу време и труд. XX Не гледате ли во блиска иднина како дел од Европската Унија? Ако имаме искрени намери да станеме членка на Европската Унија, тогаш мора да водиме многу поактивна и просветлена политика отколку до сега. Нема да се забрза процесот ако постојано гледаме во минатото, бидејќи тоа не е критериум за членство. Мора да гледаме напред, модерно напред. XX Задоволни ли сте од интензитетот на економската соработка на земјите од регионот? Како може бизнисмените повеќе да ги освојуваат регионалните пазари и да ја воскреснат економската сила на поранешната заедничка држава? Целиот Балкан има големи економски предности но мислам дека нема политички капацитет да ги искористи. Нема развиено индустриско претприемништво што значи дека сите земји во регионот ќе мора да се
интегрираат во развиениот дел на Европа. Трговијата на регионалните пазари и сега не е мала, барем не во споредба со онаа вон регионот. Има некој интерес да се инвестира во регионот, и тоа би можело да биде голема предност откако кризата ќе стане минато. XX Колку се опасни турбуленциите низ кои што минува Грција за останатите земји на Балканот кои што освен географската близина, ги поврзуваат и бизнис релации? Грција не е клучна за регионалната економија. Проблемот може да се продлабочи само преку банкарските канали, доколку домашните централни банки не преземаат посебни мерки на претпазливост. Сепак, за нас би било многу покорисно ако Грција имаше сила да го влече со себе цел регион во Европа. Тоа би бил огромен поттик за развој на нашите економии. XX Колку сметате дека Македонија после 24 години од независноста ги исполни идеалите што ги постави нашиот прв претседател, Киро Глигоров, во времето кога се создаваше државата? Вака ли ја замислувавте Вие Македонија? Татко ми беше спремен да го даде животот за земјата и тоа за малку беше реално да се оствари. Тој имаше многу високи очекувања, но јас сум пореален. После 24 години независност, можам да кажам дека е успех што земјата воопшто се сочува. nnn
што земјата воопшто се сочува
www.kapital.mk
Капитал број 804 27.03.2015
28
Јубилеј 60 години Комерцијална банка
Хари Костов главен извршен директор на Комерцијална банка
Ќе останеме на врвот во банкарскиот сектор!
A пишува:
Александар Јанев
aleksandar.janev@kapital.mk
Ако за некоја домашна банка може да се каже дека е најголем поддржувач на бизнис секторот, со кредитно портфолио
од 732 милиони евра распределено на 41 илјади приватни фирми, тоа е Комерцијална банка. На одбележувањето на јубилејот 60 години од основањето на банката, менаџментот им даде збор и на директорите на компаниите и на граѓаните дека и понатаму им ги остава на располагање сите свои ресурси за да може тие да ги реализираат сопствените амбиции. „Од 1955 година, кога беше основана Комерцијална банка, па до денес, нашата основна мисија е со својот капитал и одговорното кредитирање на граѓаните и корпоративниот сектор да им гарантираме сигурност на влоговите на штедачите, да го поттикнуваме штедењето на сите слоеви во општеството и со собраните пари да го финансираме економскиот развој на Македонија и да придонесеме за подобрување на општата благосостојба. Шеесет години целосно ги посветуваме
сите наши расположливи ресурси да им помогнеме на нашите комитенти да ги реализираат нивните амбиции“, изјави главниот извршен директор на Комерцијална банка, Хари Костов, на одбележувањето на јубилејот. Зборувајќи за стратегиските цели на банката во следните пет години, Костов вети дека Комерцијална ќе остане водечка банка во Македонија. „Нашите стратегиски цели и во наредните пет години остануваат на цврсти економски принципи да се обезбедува максимална добивка на акционерите на долг рок. Иако, морам да признам дека во последните две години, заради сплет на повеќе околности, не бевме баш најуспешни во тој поглед. Остануваме и во иднина независна приватна водечка банка на целата територија на Република Македонија. Со работење според европски стандарди,
Костов: Комерцијална е лидер меѓу банките сп
www.kapital.mk
Капитал број 804 27.03.2015
29 Шеесет години искуство е големо богатство и одлична база за нови почетоци и пресврти, за нов голем натпревар да се остане на врвот на пазарот на парите и на финансиите во државата.
За сите идни зафати, Комерцијална банка е кадровски подготвена и со своите 1.110 високостручни вработени може без потреси да ги спроведе во работењето. Покрај човечкиот, би рекол најзначаен капитал, банката располaга и со голем финансиски капитал кој успеавме и во неповолните години да го зголемиме и сочуваме благодарејќи на исправните одлуки на акционерите и менаџментот на банката. Сега таа добра политика на домаќинско работење ќе ги отвори вратите на нови можности и повисоки резултати. силно ќе ја зацврстиме лидерската позиција во банкарскиот сектор. Клиентите се на врвот на сите приоритети во нашето работење и сите иновации се поврзани со нивните и нашите заеднички интереси. И натаму сите наши клиенти ќе имаат еднаков третман, без оглед дали се акционери или не се“, рече Костов.
Што покажуваат бројките за Комерцијална банка?!
Заклучно со крајот на 2014 година, вкупната актива на банката достигна износ од 92,8 милијарди денари и пораст од 6,8% на годишно ниво. Најголемо учество во вкупната актива од 51,4% бележат нето кредитите дадени на клиентите, кои достигнаа износ од 47,6 милијарди денари. „За одбележување е значителното намалување на преземените средства врз основа на ненаплатени побарувања,
што, од една страна, е резултат на реализираната продажба на преземениот имот, но и резултат на евидентираниот поголем износ на оштетување на имотот во согласност со регулативата од Народната банка“, објасни Костов. Тој потенцираше дека и во 2014 година продолжил континуираниот тренд на пораст на депозитите на клиентите, како резултат пред сè на големата доверба на граѓаните и правните лица во банката, во услови на засилена конкуренција и намалени каматни стапки. Вкупните депозити на крајот на минатата година достигнаа износ од речиси 80 милијарди денари, а во нив доминантна категорија се депозитите на домаќинства во износ од 59 милијарди денари. Од аспект на валутната структура, учеството на денарските депозити е поголемо и изнесува 54% наспрема учество од 46% на девизните депозити.
Банката работи со повеќе од 41.000 корпоративни комитенти и 890.000 граѓани и има 85.000 корисници на услуги преку интернет и 4.200 корисници на услугите на мобилното банкарство. „Во овој дел ја гледаме и иднината на банката, за што во подготовка се сериозни трансформации и примена на најсовремените алатки во интернет и елeктронското работење“, изјави Костов. Банката ја задржа позицијата на лидер во финансиското посредување на пазарот на капитал со остварено вкупно учество од 58,6% од вкупниот промет на Македонската берза за долгорочни хартии од вредност. Комерцијална банка традиционално држи околу 30% од македонскиот банкарски пазар. Таа е рангирана на прво место во земјата според неколку важни категории: големината на вкупната актива, депозитите на домаќинствата, одобрените кредити на
поред одобрени кредити за фирми
Капитал број 804 27.03.2015
30
www.kapital.mk
Јубилеј 60 години Комерцијална банка Комерцијална банка традиционално држи околу 30% од македонскиот банкарски пазар. Таа е рангирана на прво место во земјата според неколку важни категории: големината на вкупната актива, депозитите на домаќинствата, одобрените кредити на нефинансиски правни лица, финансирање на нивното надворешнотрговско работење и бројот на отворени денарски сметки на правни лица, а според капиталот е втора по големина.
Компатибилни и оригинални тонери и кертриџи со врвен квалитет, професионална услуга и брза испорака.
КРЕАТИВА.инк тел.+ 389 2 32 33 132 www.kreativa.ink
нефинансиски правни лица, финансирање на нивното надворешнотрговско работење и бројот на отворени денарски сметки на правни лица, а според капиталот е втора по големина. Комерцијална банка АД Скопје има вложувања во една подружница - КБ Публикум инвест друштво за управување со инвестициски фондови АД Скопје, кое управува со над 60% од вкупните нето-средства на инвестициските фондови во Македонија и едно придружено друштво - КБ Прво пензиско друштво за управување со пензиски фондови АД Скопје, кое денес има над 50% пазарно учество гледано според вредноста на нето-средствата на пензиските фондови, како и според вкупниот број на задолжителни и доброволни пензиски осигуреници. Говорејќи за поддршката на Комерцијална банка во повеќе сегменти во општеството, Костов истакна дека како општествено одговорна компанија со посебно внимание и аналитички пристап ги следи состојбите во заедницата. Притоа секогаш ги има предвид сложените социо - економски услови во кои се одвива нејзината дејност, како и последиците од севкупните општествени случувања врз одделни целни групи. „Со својата основна дејност, Комерцијална банка учествува во градење на иднината, во стабилноста и економскиот просперитет на земјата, а за да биде успешна таквата реалност секој поединец е важен, сечиј труд и придонес се од значење. Банката ги поддржува културата и уметноста, инвестира во спортот и спортската едукација на младите, активно учествува во создавањето и пренесувањето на нови знаења, во реализација на научни трудови и дела на признати и истакнати автори од областа на економијата и несебично се вклучува во многубројни хуманитарни акции, помагајќи ги најзагрозените категории на население на кои им е потребна итна помош и поттикнува општествена одговорност кај своите вработени со нивно активно вклучување во многу манифестации и настани од хуманитарен карактер“, истакна Костов. Тој потенцираше дека како и секоја биографија и биографијата на Комерцијална банка е богата со настани кои сведочат за нагорни и надолни линии, за премрежиња, за проблеми, но и за успеси. „Шеесет години искуство, стекната доверба во строгите меѓународни финансиски кругови, воспоставени контокорентни и кореспондентски односи со реномирани странски банки, добро обучен персонал, јасна визија и стратегија на менаџментот се гаранција дека оваа банка и понатаму ќе биде меѓу водечките банки во Македонија“, порача Костов. nnn
31
Капитал број 804 27.03.2015
издава: Капитал Медиа Гроуп основан 1999 година основач: Љупчо Зиков бул. ВМРО бр.7, зграда 1, влез 1, кат 6, стан бр.31
тел. ++ 389 2 3280 910 www.kapital.mk www.facebook/KapitalMK
WWW.KAPITAL.MK
Претплатете се на КАПИТАЛ...
И
(СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ)
"ТЕПАЧКА" МЕЃУ БАНКИТЕ ЗА ДОБРИТЕ КОМПАНИИ. ШТО ЌЕ СЕ БАРА?
Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...
БРОЈ 800 | ЦЕНА 100 ДЕН. | 27 ФЕВРУАРИ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16
дејата и визијата за тоа што сакаат да направат, беше највредниот капитал кој го COVER STORY поседуваа луѓето што ја почнаа приказната НОВИОТ РУСКИ ГАСОВОД ЌЕ за Капитал пред повеќе од 15 години. Со ЈА СТАВИ МАКЕДОНИЈА макотрпна и посветена работа на својот тим, ДА ИЗБИРА МЕЃУ ИСТОКОТ магазинот се наметна како еден од најрелевантните И ЗАПАДОТ ?! извори на квалитетни информации во Македонија и регионот, значајни за приватниот, јавниот и WWW.KAPITAL.MK невладиниот сектор. Да се биде лидер на пазарот INTERVIEW во својот сегмент е голема чест и задоволство, но и ЈАНКО МЕДЈА голема обврска кон сите што секоја недела нетрпеливо го чекаат Капитал да ги информира за економските По неколку години, НЛБ Групација со позитивни резултати. проблематики и актуелности, но, и да ги едуцира со Преструктуирањето продолжува своите содржини за најновите трендови. Капитал се чита во директорски канцеларии, Капитал INTERVIEW ВЕРНЕР ШЕРЕР се чита во кабинети на политичари, Капитал се чита СО СИГУРЕН ЧЕКОР КОН ИДНИНАТА на универзитети, институти, “тинк-тенк” центри.... ЈАВНА АДМИНИСТРАЦИЈА: ОГЛАСИ ЗА НАД 1.300 НОВИ ВРАБОТУВАЊА едноставно Капитал е секаде кај што се с о го дишна донесуваат одлуки и креираат п р е т п лата од политики и стратегии. претседател на Управен одбор на НЛБ Љубљана и претседател на Надзорен одбор на НЛБ Тутунска
претседател на Управниот одбор на EOS Group
12 месечна претплата 4.100 денари со вклучени 20% попуст
24 месечна претплата 6.100 денари со вклучени 40% попуст
COVER STORY
ДОМАШНИТЕ БИЗНИС ПОЧЕТОЦИ МЕЃУ СОНОТ И ЈАВЕТО! КАДЕ СМЕ?
АНАЛИЗА
КАКВО ФАЈДЕ ИМААТ ИЗВОЗНИТЕ КОМПАНИИ ОД ЕКОНОМСКИТЕ ПРОМОТОРИ?
COVER STORY
БАЛКАН
БЕРЗИТЕ НOСАТ НАЈГОЛЕМ ЌАР, КАМАТИТЕ НА ИСТОРИСКИ МИНИМУМ
СРБИТЕ ВО ПАНИКА! ХРВАТИТЕ ГИ КУПИЈА НАЈГОЛЕМИТЕ СРПСКИ БРЕНДОВИ
АНАЛИЗА
ЕВТИНИ ПАРИ И СЛАБА ВАЛУТАРЕЦЕПТ ЗА ПОГОЛЕМ РАСТ ИЛИ ОЧАЕН ПОТЕГ ЗА СПАС
БАЛКАН
НА ГРЧКИОТ ХАРИ ПОТЕР НЕМА ДА МУ ТРЕБА МНОГУ ЗА ДА НАПРАВИ МАГИЈА
МАГАЗИН ЗА БИЗНИС И ПОЛИТИКА
www.kapital.mk
МАГАЗИН ЗА БИЗНИС И ПОЛИТИКА
СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ
ГО ЖИВНАА ОСИГУРУВАЊЕТО НА БИЗНИСОТ
ЕВРОПА JA ЧЕКА
БРОЈ 796 ЦЕНА 100 ДЕН. | 30 ЈАНУАРИ, 2015, ПЕТОК | ГОДИНА 16
со вклучени 15% попуст
денари, заштедете
www.kapital.mk
6 месечна претплата 2.200 денари
4.100 20% БРОЈ 797 ЦЕНА 100 ДЕН. | 6 ФЕВРУАРИ, 2015, ПЕТОК | ГОДИНА 16
Во време кога квалитетната информација е најскапоцен ресурс, не дозволувајте да останете без најскапоценото. Станете и вие дел од семејството на редовни читатели на Капитал и искористете ги поволните пакети за претплата што ги подготвивме за вас.
ДОМИНО-ЕФЕКТ НА СИРИЗА
ЈАНИС ВАРУФАКИС НОВОТО ЛИЦЕ НА ГРЧКАТА КРИЗА
МАРКСИСТ КОЈ ЌЕ ГО СПАСУВА КАПИТАЛИЗМОТ
КАПИТАЛ ПРОГНОЗИРА:
ЕВРОТО И ДОЛАРОТ ЌЕ СЕ ИЗЕДНАЧАТ!
*Во цената е вклучен ддв и платена поштарина
...заеднички ја креираме додадената вредност на нашите животни проекти...
Капитал број 804 27.03.2015
32
www.kapital.mk
Капитал анализа
Допрва ќе се мерат ефектите од странските директни инвестиции
Домашните инвеститори сакаат ист третман како странските
Статистички, странските директни инвеститори значително го зголемуваат извозот, но економијата нема голем реален ефект од тоа, затоа што тие не плаќаат даноци, царини, придонеси и други давачки. Истовремено добиваат бесплатни приклучоци за комуналии и енергија, градежни дозволи и уште еден куп бенефиции, па дури и обуките за нивните вработени ги финансира државата. Домашните пак, инвеститори, кои што исто така создаваат нови работни места, не добиваат никаква привилегија, иако тие всушност го полнат буџетот од кого што потоа се плаќаат сите овие погодности за странските инвеститори.
Ефекти: McKinsey ќе ја мери користа од стран
www.kapital.mk
Капитал број 804 27.03.2015
33
Д
К
Мендерес Кучи
Комора на северозападна Македонија
онкретно за мојата компанија, веќе подолго време размислувам за нови инвестиции во земјава, но бидејќи немаме ист третман како странските инвеститори, (а тоа го потврдува и фактот што нашето барање за доделување на концесија се влече по институции повеќе од 7 години), принудени сме да размислуваме за инвестирање во соседството, поточно во Србија заедно со некој странски партнер.
П пишува:
Игор Петровски
igor.petrovski@kapital.mk
Поминаа осум години откако Владата на премиерот Никола Груевски почна со агресивната политика на привлекување странски инвестиции, и сега е време да се мерат и ефектите од милионите евра потрошени за десетиците роуд-шоуа, економските промотори, и сите субвенции и привилегии што им ги дава државата на инвеститорите во и надвор од слободните економски зони. Пред десетина дена од Владата соопштија дека ја ангажирале хрватската подружница на глобалната консултантска куќа McKinsey, која што за надомест од 100 илјади евра треба да направи длабинска анализа за ефектите од странските директни инвестиции. Според договорот, покрај длабинската анализа на пос тојниот сис тем за привлекување на странски инвестиции, фирмата треба да изготви и студија со предлог мерки за подобрување на системот. Од 2007 година наваму, странските инвеститори отворија 15-тина фабрики во слободните економски зони, или познати како технолошко - развојни индустриски зони – ТИРЗ. “Само во оваа година очекуваме уште нови 25 странски компании да донесат и објават одлука за градба на капацитети
Неџат Шаини
Сопственик на Баукоп
во Македонија, дел од нив и да почнат со градба и во истите тие капацитети кои планираат да ги отворат да се креираат нови над 13.000 работни места“, најави премиерот Никола Груевски пред десетина дена. Да потсетиме, минатата година Владата најави исто така, дваесетина инвестиции, вредни околу 800 милиони евра, што требаше да отворат 14.000 работни места. Со некои од нив, како Техникл текстајл, Монтанте и Дијатек, од Владата јавија дека наскоро ќе бидат потпишани договори за инвестирање. Германската Техникл ќе гради во Штип, а другите две во Скопје.
Колку всушност нови вработувања има во зоните?
Според Груевски, досега инвеститорите во зоните отвориле 11.000 нови работни места, што значи дека заедно со најавените 13.000, доаѓаме до безмалку 25.000 нови работни места, само во странските директни инвестиции. Меѓутоа, во јануари годинава, министерот за економија Бекир Незири излезе со многу помала бројка на нововработени во слободните индустриски зони. На промоцијата на “Белата книга“ подготвена од Советот на странски инвеститори при Стопанската комора, тој рече дека во моментов во слободните зони работат 3.500 луѓе. Во последниве неколку месеци неколку различни институции во јавноста излегоа со различни податоци за тоа колку работни места отворија странските директни инвестиции во земјава. Директорот на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони, Виктор Мизо, рече дека до крајот на 2014-та бројот на вработени во слободните зони ќе достигне 3.500. Неколку дена по него министерот за финансии изјави дека во странските инвестиции во зоните отворија 11 илјади работни места, за да министерот без ресор Веле Самак кон крајот на минатата година, изјави дека странските инвестиции отвориле над 15.000 работни места во Македонија. Од надлежните инвестиции не може да се добијат податоци за тоа колку вработени
ржавата до овој момент нема инвестирано буквално ништо во Визбегово. Прво наше барање е да се направи Деталниот урбанистички план (ДУП). Второто беше водовод и канализација и третото беше автобуска линија. Од сето тоа засега ни е остварено само воведувањето на автобуската линија. ДУП е во процедура, а водоводот и канализацијата се зависни од процедурата за ДУП.
Што добиваат странските инвеститори во слободните зони Инфраструктура XX Земјиште за изградба на погоните под концесија до 99 години XX Бесплатно уредување на градежното земјиште, бесплатни градежни дозволи, бесплатни приклучоци за водовод, канализација и гасовод. XX Можности за учество на Владата во трошоците за градба на фабриките, до 500.000 евра XX Даночни повластици (за период од 10 год.) XX Данок на додадена вредност 0% XX Данок на добивка 0% XX Персонален данок 0%
Царински ослободувања XX Стапка за увоз на суровини и опрема 0%
Државна помош во пари Фирмите добиваат готовинска поддршка по неколку основи: XX пари за креирање работни места XX пари за исплата на корпоративен данок на добивка XX -пари за исплата на персоналниот данок на вработените XX државна помош за трошоци при обука на вработени.
нските директни инвестиции во Македонија
www.kapital.mk
Капитал број 804 27.03.2015
34
Капитал анализа
В Ѓорче Тодоровски сопсвеник на Те-Те Пласт
о нашето производство има додадена вредност, има извоз, а нема никакви стимулации. Постојат мал милион начини преку кои државата може да помогне, како бенефицирана електрична енергија, ослободување од даноци, итн.
има во секоја одделна компанија за да анализираме која инвестиција отворила и официјално најмногу работни места. Влезот на странски инвеститори во Македонија се засили во последните три години. Седум странски компании досега имаат изградено фабрики во слободните зони во Скопје и Штип, а некои компании како Џонсон Контролс, Ван Хоол поттикнати од поволностите кои им ги нуди Македонија, отворија и втора фабрика во зоните. Покрај во зоните, во изминативе две години неколку странски компании како Дрекслмајер, Маркардт и Кромберг и Шуберт отворија фабрики, кои иако беа надвор од постојните зони добија поволности и ослободувања како оние во зоните.
За некого мајка, за другите маќеа
Посебна тема се субвенциите и погодностите што ги добиваат странските инвеститори за да ја изберат токму Македонија како земја за вложување. Потоа, тука се трошоците за рекламирање на земјата како поволна дестинација за инвестирање; трошоците за промоторите во странските земји кои на товар на буџетот се праќаат со цел да привлекуваат странски инвестиции; трошоците за бројните роуд-шоуа што ги организира Владата. Засега нема официјална бројка за тоа колку пари Македонија троши за привлекување странски инвестиции. Она што најчесто го слушаме од официјалните претставници на власта е дека тие трошоци ќе се покријат со неколку инвестиции. Она што е сигурно, е дека странските инвеститори ја одбираат Македонија за вложување, се ниските трошоци за производство заради евтината работна сила и изобилството бенефиции – не плаќаат даноци, царински давачки, придонеси, плаќаат поевтина струја и
О
1,17
милијарди евра е вкупниот извоз од слободните зони во 2014 година
Мирослав Марчев претседател на УО на AmCham
гас бидејќи не плаќаат за нив ДДВ, а од државниот буџет добиваат делумно покривање на трошоците за изградба на производните објекти и обуката за вработените. Затоа и не е чудно што некои од првите инвеститори во слободните зони, како Џонсон Контролс, Џонсон одлучија да изградат и втора фабрика и да го зголемат производството во Македонија. Климата за водење бизнис во Македонија како земја домаќин, односно квалитетот на институциите, економската регулатива и сл., им се помалку важни. Меѓутоа, каде се во приказната за економскиот раст домашните инвеститори? Оние кои што го полнат државниот буџет плаќајќи ги сите давачки од кои што се ослободени странците. И најчесто не добиваат никакви привилегии и субвенции од државата, напротив. Многу домашни бизнисмени веќе подолго време коментираат дека се чувствуваат запоставени, маргинализирани и дискриминирани од сопствената држава. Капитал пред неколку месеци излезе и на терен и одблиску се запозна со проблемите со кои се соочуваат македонските компании со исклучиво домашен капитал. Поминавме цел ден во повеќе компании лоцирани во скопските индустриски зони Пинтија, Стаклара, Визбегово и Илинден. Неџат Шаини, сопственик на компанијата за алуминиумски цевки Баукоп, кој што во Визбегово поседува преку 10.000 м2 квадратни покриен простор, во име на Здружението во кое се обединети бизнисмените од оваа зона, рече дека државата до овој момент нема инвестирано буквално ништо во Визбегово. „Јас сум од почеток овде и ги знам работите. Преку Здружението во последно време имаме доста контакти со надлежните
свен проблемите со работните дозволи и честото менување на регулативата што ги споменав, нашите членки имаат коментари и околу некои други законски решенија - зголемување на акцизите, обврската да се вработува едно лице со хендикеп на 30 вработени, регрес за годишен одмор.
институции, имаме и доста побарувања и ветувања од нивна страна, а колку тоа ќе се реализира навистина не знам. Прво наше барање е да се направи Деталниот урбанистички лан (ДУП). Второто беше водовод и канализација и третото беше автобуска линија. Од сето тоа засега ни е остварено само воведувањето на автобуската линија. ДУП е во процедура, а водоводот и канализацијата се зависни од процедурата за ДУП“, вели Шаини.
До гас, а без него
Слична е состојбата во индустриската зона Пинтија. Таму буквално се помешани јавните со приватните земјишта. Поради непланското градење, отсечени од главниот пат остануваат стотици илјади квадратни метри градежно земјиште. Познавачите на состојбите велат дека доколку се градело малку поплански денес во Пинтија наместо сто, ќе имало двесте објекти. Стефан Арсовски од компанијата за индустриска гума Хемпромак вели дека тотално е незадоволен од условите во индустриската зона Пинтија и од сета голгота што ја поминал тука и дека никогаш повеќе не би инвестирал ниту во Пинтија, ниту во Македонија. „Не сум задоволен од зоната дефинитивно, од едноставна причина што јас како сопственик и инвеститор морав да ја платам земјата по полна цена, трафостаница во полн износ и после тоа да им ја дадам гратис на ЕВН, да си платам водовод, комуналии во Кисела Вода, додека странски инвестиции сето ова да го добиваат гратис. И јас можам да купам машини и да вработам луѓе, но под услов да ми речат сè ти е гратис.“, вели Арсовски. Неговиот сосед од Пинтија, Дишо Туркер од компанијата за алва и слатки Супергруп,
www.kapital.mk
Капитал број 804 27.03.2015
35
Е
Што друго бараат странските инвеститори?
В
о “Белата книга“ што ја издаде Советот на странски инвеститори во Македонија (каде што освен директните странски инвеститори од зоните, влегуваат и останатите странски компании што вложиле капитал во земјава) неодамна, се вели дека претходните години е сторено многу на економски план. Сепак, останува да се поработи на следниве пет клучни предизвици: XX Поедноставување на XX Поголема предвидливост административните постапки на генералните цели на и правните процедури државата во однос на деловното опкружување XX Редефинирање на XX Поефикасна администрација, образовниот систем со цел обезбедување што повеќе XX Помал потенцијал за соодветен стручен кадар. корупција
како клучно го отвори прашањето за воведување на гас во зоната што според него би претставувало ренесанса во намалување на трошоците на стотината компании од овој регион. „Голем проблем за нас немањето пристап до поевтин енергенс. Во индустриска зона да нема гасовод е нелогично. Најчудно од сè е тоа што гасот е донесен до Пинтија, тој со цевки се транспортира до комплексот на Охис, а за компаниите кои се на самата ограда на фабриката Охис нема гас. Тоа е голема пречка за да направам
Хуан Хименез Наваро претседател на Совет на странски инвеститори
поконкурентен производ. Сега градам нова хала со нови машини кои нормално се на нафта бидејќи немам друга опција, што значи дека за некое време ако се воведе гас ќе треба да ја менувам целата производствена техника и сите машини“, вели Туркер. Ѓорче Тодоровски сопственик на компанијата Те Те Пласт, исто така во Пинтија, вели дека оној што низ сите овие кризи не се откажал од водење бизнис во Македонија е ентузијаст кој треба да се помогне. „Земјоделецот прави примарно најпросто
ден од поголемите предизвици со кои се соочуваме ние како компанија, но и многу други, не само странски, туку и домашни инвеститори, е цената на гасот и струјата, кои што во нашиот случај се дури 30% од производните трошоци. Секое поскапување на овие ресурси многу силно влијае врз нашето работење.
производство, многу поретко прави извоз, а добива субвенции. Во нашето производство има додадена вредност, има извоз, а нема никакви стимулации. Кај производните и извозните компании има знаење, има скапа опрема, машини. Мој апел до надлежните е да размисли да ги поддржи производителите кои што работат за извоз. Не мислам само на класични субвенции, постојат мал милион начини преку кои владата може да помогне како бенефицирана електрична енергија, ослободување од даноци и слично“, вели Тодоровски. nnn
www.kapital.mk
Капитал број 804 27.03.2015
36
4-та регионална конференција
На Бизнис плус му успеа
На едно место над 200 бизнисмени, политички лидери и медиуми од регионот
Н
На 4. регионална конференција на Регионалниот деловен клуб Бизнис плус, каде фокусот е ставен на активно вмрежување на повеќе заеднички бизниси од регионот и заеднички настап во странство,
На 4. регионална конференција на Регионалниот деловен клуб Бизнис плус, која се одржува на 26 март во белградскиот хотел Crowne Plazа, ќе се соберат повеќе од 250 бизнисмени, членови на управни одбори и претставници на медиуми од Словенија, Хрватска, Македонија, Србија, БиХ, Црна Гора иТурција. на 26 март во белградскиот хотел Crowne Plazа ќе се соберат повеќе од 250 бизнисмени, членови на управни одбори и претставници на медиуми од Словенија, Хрватска, Македонија, Србија, БиХ, Црна Гора и Турција. Конференцијата на Бизнис плус, насловена како “Стопанствениците од повеќе од шест земји на едно
место”, ќе ја отвори претседателот на српската влада Александар Вучиќ. Исто така ќе присуствуваат и многу министри од регионот, како и видни бизнисмени меѓу кои извршниот потпретседател на малопродажба на Агрокор и претседател на надзорниот одбор на Меркатор Анте Тодориќ, директорот на Рико
Цел нa конференциjaта: да се склучат повеќе конта
www.kapital.mk
Капитал број 804 27.03.2015
37
Дел од панелистите кои ќе земат учество на 4-та регионална конференција во Белград Aлександар Вучиќ претседател на Владата на Република Србија
Јанез Шкрабец
директор на Рико
Анте Тодориќ
извршен потпретседател за малопродажба на Агрокор и надзорниот одбор на Меркатор
Минчо Јорданов
претседател на одборот на директори на Бетон и сопственик на Макстил, винаријата Стоби и Ре-Медика
Благота Радовиќ сопственик на Зетаградње
Радмила Спасиќ директор на Delta Reat Estate
Горан Свилановиќ генерален секретар на Советот за регионална соработка
Јанез Шкрабец, сопственикот на најголемото црногорско градежно претпријатие Зетаградба Благота Радовиќ, директорот на најголемата енергетска инженерска компанија Енергоинвест, Енес Ченгиќ, Сопственикот на Бетон, Минчо Јорданов, сопственикот на една од најголемите српски земјоделски компании Еликсир Груп Станко Поповиќ и претседателот на управниот одбор на една од најголемите хрватски енергетски компании Јадрански нафтовод Јанаф, Драган Ковачевиќ. Во рамки на Конференцијата ќе има неколку панели на кои ќе учествуваат министри, сопственции, директори и претставници на менаџментот на компании и медиуми од рергионот. На панелот за заживување на градежништвото како услов за
раст на стопанството ќе учествува македонскиот бизнисмен Минчо Јорданов, претседател на Одборот на директори на Бетон, Радмила Спасиќ, директорка на Делта Риал Естејт, како и Горан Свилановиќ, генерален секретар на Советот за регионална соработка. Своето искуство како да се искачите и да останете на врвот во Југоисточна Европа со присутните ќе го сподели Анте Тодориќ, извршен претседател за малопродажба и претседател на Надзорниот одбор на Агрогор. На панелот како да се подобри соработката со Турција се очекува да учествува министерот за трговија, туризам и телекомуникации Расим Љајич. Во првата година од работењето на регионалниот деловен клуб Бизнис плус, кој брои над 120 членови, се три успешно организирани
Енес Ченгиќ
директор на Енергоинвест
регионални бизнис конференции: во Загреб, Будва и Сараево, кои беа посетени од над 500 бизнис и политички лидери од земјите од регионот. Целта на овие конференции е да се овозможат контакти помеѓу бизнисмените од регионот со цел да се склучат повеќе бизниси зделки и договори помеѓу компаниите. Средбите се одржуваат во деловно-пријателска атмосфера во која покрај контактите учесниците имаат можност и за дружење во опуштена атмосфера. Во организацијата на конференцијата на Бизнис плус се вклучени медиумски партнери од шест земји од регионот Капитал (Македонија), Финанце (Словенија), Ослобоѓење (БиХ), Вијести (Црна Гора), Привредни вјесник (Хрватска) и Нови Магазин (Србија). nnn
такти и договори помеѓу компаниите од регионот
Капитал број 804 27.03.2015
38
www.kapital.mk
Капитал анализа
Драматичен пад на македонскиот извоз на балканските пазари
Ги “напаѓаме“ Кина и Катар, а ги загубивме соседите! Извозот во Западен Балкан изминативе пет години е двојно намален, исто како и неговото учество во вкупниот извоз, од 30% на 14%. Истовремено извозот во ЕУ пораснал речиси двојно, на 3,8 милијарди долари во 2014, најмногу заради производите што излегуваат од слободните економски зони, од фабриките на странските инвеститори. Дали овој тренд треба да загрижува? Да, затоа што едно се бројките на хартија, а сосема друго е што тие значат за домашната економија. Извозот на Балканот доаѓа главно од македонските компании кои што го полнат буџетот со даноци и ја реинвестираат добивката, за разлика од странските директни инвестиции.
За пет години: двојно намален е македо
www.kapital.mk
Капитал број 804 27.03.2015
39
В
Н Антони Пешев
претседател на собрание на Стопанска комора на Македонија
екогаш Македонија беше препознатлива по изградбата на големите инфраструктурни проекти во странство. Денеска кога за такви зафати се потребни банкарски гаранции од неколку стотици милиони евра неопходно е овие компании да бидат помогнати од државата . Ослабениот капацитет на банките во подршката на стратешки проекти е исто така голем проблем. Поради тоа ни требаат големи компании со силна финансиска подршка бидејки малите компании не може да направат значаен пробив на пазарите во странство.
М пишува:
Дејан Азески
Dejan.azeski@kapital.mk
Македонскиот извоз во земјите од Западен Балкан константно опаѓа изминативе години, и од 1,4 милијарди долари во 2008 година, се спуштил на 688 милиони долари минатата година, што е за 50% помалку. Исто така, и учеството на извозот во балканските земји го следи истото темпо, односно од 31% во 2010 година, на 14% во 2014 година. Поединечно по земји, во Србија извозот од 934 милиони долари во 2008 година е паднат на само 258 милиони долари во 2014 година. Состојбите со Албанија се уште полоши. Извозот кон оваа соседна земја која има пазар од 3 милиони и БДП од 12.8 милијарди долари уште од 2009 година континуирано опаѓа. Хронолошки гледано почнувајќи од рекордните 84 милиони долари извоз во 2009, извозот стигнал на 54 милиони во 2014 што значи дека за шест години опаднал за цели 40%. Извозот на Македонија кон Косово како една од најголемите експорт дестинации во последниве четири години континуирано опаѓа. Од рекордните 540 милиони долари во 2011 преку 392 милиони и 276 милиони во 2012 и 2013 во 2014 извозот на Македонија кон Косово е паднат на 230 милиони долари. Слична е состојбата и кај трговската размена која во 2014 изнесувала скромни 266 милиони долари, а во однос на погоре
Абедин Мурати
сопственик на Молика, Ројал Фрејзер Фуд и Прима центар од Тетово
споменатите четири години постојано опаѓа. И кон Бугарија статистиките не се ништо подобри. Од 379 милиони долари во 2008 година извозот на Македонија кон Бугарија во 2014 година опаднал на 326 милиони долари. Во поглед на вкупната трговска размена која се движи околу ставката од 700 милиони долари експертите сметаат дека може да се направи многу повеќе бидејќи станува збор за два многу слични и компатибилни економии и пазари. Ако се гледаат ставките од трговската размена со Грција во последните 24 години веднаш забележлив е фактот дека тие од година на година се сè поголеми. Дали тоа можеби е единствениот светол пример на македонската трговска размена кон регионот. Апсолутно не бидејќи уште поочигледен е различниот тренд на раст на увозот и извозот нормално на штета на македонскиот извоз. Имено од првичните 113 милиони долари извоз во 1990 година Македонија успеала да стигне до максимални 350 во 2007 година за во изминатата 2013 да изнесува 275 милиони евра. Кај увозот за разлика од извозот растот е многу поголем и подинамичен. Имено Македонија во Грција во 1990 година увезла едвај 97 милиони долари и имала суфицит од 15 милиони евра или околу 10%. Од тогаш наваму извозот на Грција пораснал на рекордни 804 милиони долари во 2012 година односно на 697 во 2013 година. Тоа значи дека за анализираниот период од 24 години грчкиот извоз пораснал за цели 7 пати или попрецизно 618%, а македонскиот извоз кон Грција за едвај 2,4 пати или 140%. Што се однесува со Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска и Словенија, самиот факт што ниедна од овие земји не е во топ 10 трговски партнери на Македонија најдобро зборува за тоа во колку очајна состојба е регионалната бизнис соработка, нормално гледана од Македонската перспектива.
Без силни домашни компании тешко до поголем извоз
Капитал покрај со многу бизнисмени од
еројатно нема да ви се верува ама на еден мој камион му е потребно исто време од Тетово да стигне до Хрватска, колку од Тетово да стигне до Приштина. Едноставно граничните и инфраструктурните пречки си го прават своето и во таа насока треба да се насочи енергијата. Треба конечно сите да влеземе во Европска унија и да не се занимаваме со застарени граници. А ако тој процес се одлага да најдеме начин и без Европска Унија да го олесниме протокот на царините.
БРОЈКИ
72%
е паднат извозот кон Србија за седум години
40%
е паднат извозот кон Албанија од 2009 до 2014
57%
е паднат извозот кон Косово од 2011 до 2014 Балканот на оваа тема разговараше и со директорот на Прокредит Банка Албанија Бесник Бериша кој се залага и работи на што поголемо искористување на бизнис потенцијалите помеѓу регионот. „ Има огромен простор за подобрување на регионалната соработка. Сите земји имаат голема хетерогеност во нивните планови за развој. Нашата проценка е дека навистина можат да успее во оваа мисија ако се вложи доволно енергија. На пример Албанија во делот на храната произведува скоро се што произведува и Грција по многу пониски цени. Но, за жал македонските трговци имаат навика да пазарат од Грција која тешко се искоренува. Од друга страна Македонија е пак на повисоко ниво на преработка на земјоделските производи од Албанија што значи дека примарното производство од кај нас може да добие повисока додадена вредност во македонските фабрики. Вакви врски
онскиот извоз во балканските земји
www.kapital.mk
Капитал број 804 27.03.2015
40
Капитал анализа
теоретски може да се најдат помеѓу земји не е поголема. сите земји и сите бизнис сектори во „Веројатно нема да ви се верува ма огромен простор регионот. А задача на владите и ама на еден мој камион му е за подобрување бизнисмените би требало да е оваа потребно исто време од Тетово на регионалната теорија да ја претворат во пракса“, да стигне до Хрватска, колку од соработка. Сите земји имаат вели Бериша. Тетово да стигне до Приштина. голема хетерогеност во нивните Едноставно граничните и Регионалното бизнис поврзување планови за развој. Нашата инфраструктурните пречки во услови на глобализација и уште проценка е дека навистина си го прават своето и во таа пострашно глобална економска криза можат да успее во оваа мисија насока треба да се насочи според многумина е единствениот ако се вложи доволно енергија. енергијата. Треба конечно начин за да се преживее во сè Вакви врски теоретски може да сите да влеземе во Европска побурниот планетарно интегриран се најдат помеѓу сите земји во унија и да не се занимаваме бизнис океан. регионот. А задача на владите со застарени граници. А ако Сепак за погоре споменатите Бесник и бизнисмените би требало да тој процес се одлага да најдеме теоретски идеи да се реализираат Бериша е оваа теорија да ја претворат Прокредит начин и без Европска Унија во пракса, претходно мора да во пракса. Албанија да го олесниме протокот на се надминат одредени пречки и царините “ недостатоци за кои барем досега Истите искуства ги потврдува владите многу малку прават. Конкретно македонските бизнис-мени со компании не може да направат значаен и неговиот колега Андрим Халими од години бараат: формирање на државен пробив на пазарите во странство“вели млекара Шари од Призрен. „Соработката помеѓу Македонија, Косово гарантен фонд како поддршка на реали- Пешев. и Албанија се добри но можат да бидат зацијата на големи инфраструктурни проекти во странство, зголемено кредити- Потребни се поевтини енергенси подобри. Царинските пречки се оние кои ја кочат соработката помеѓу овие три земји. рање со поволни кредити, здружување на и подобра инфраструктура компаниите во кластери, отворање агенција Мендерес Кучи претседател на Стопанската Кооперацијата во ЦЕФТА не знам зошто за стимулирање на извозот, поддршка комора на Северозападна Македонија ги и како но едноставно не функционира на компаниите во делот на саемското повторува старите барања за поевтини како што треба . Единствено што треба претставување,евтини енергенси и подобра енергенси и подобра инфраструктура да направат владите во регионот е да го инфраструктура се главните барања кои ги кои според него секогаш се клучни за следат примерот на Прокредит банка за конкурентноста на крајните дестинации стимулирање на регионалното поврзување. истакнаа претставниците на коморите. На тој начин не само бизнисмените и Според Антони Пешев претседател на за извоз. собранието на Стопанската комора на „Не бараме да имаме пониска цена на банките туку и целите држави ќе имаат Македонија државата треба да размисли енергенсите од регионот, за да бидеме корист“ за формирање на гарантен фонд преку кој конкуренти. Во инфраструктурниот дел Ачип Чача од компанијата за откуп и ќе се поддржуваат македонските компании бараме да се овозможи нашите производи преработка на млеко Мирели од Суни за реализација на поголеми и поскапи по најкраток можен пат да излегуваат на Албанија ни направи и поопширна анализа проекти во странство, како и за методи пазарите. Посебен акцент треба да се на состојбите. за окрупнување на економијата и за даде на регионалниот пазар каде можеби „ Постојат објективни и субјективни на некој начин сме конкурентни, но сепак причини за малата соработка во регионот. здружување во поголеми кластери. "Некогаш Македонија беше препознатлива има можност нешто да се направи за да Објективните причини во минатото беа што по изградбата на големите инфраструктурни се подобри извозот и конкурентноста“, нивото на технологија во производството беше навистина ниско поради што проекти во странство. Денеска кога за такви вели Кучи. зафати се потребни банкарски гаранции од За овој дел од анализата контактиравме нереално беше да се размислува за бизнис. неколку стотици милиони евра неопходно и неколку бизнисмени од регионот кои се Сега таа пречка е тргната и остануваат субјективните причини предизвикани од е овие компании да бидат помогнати од соочиле со овие проблеми. државата . Ослабениот капацитет на Абедин Мурати сопственик на Молика, нивото на бирократија кое мора да биде банките во поддршката на стратешки Ројал Фрејзер Фуд и Прима центар од Тетово намалено. Значи имам едноставен совет проекти е исто така голем проблем. Поради пластично и практично ни ја објасни целата до владите и институциите. Да почнат да тоа ни требаат големи компании со силна ситуација и ни го долови моментот зошто го намалуваат наместо да го зголемуваат финансиска под дршка бидејќи малите регионалната соработка помеѓу овие три бројот на потребни документи“. nnn
И
Извоз на Македонија во Западен Балкан (милиони долари) 1414 1245 992
1001
1018
978
787
752
591 2005
2006
2007
2008
2009
2010
2011
2012
2013
688,5 2014
Бизнисмените: бараат рушење на сите бариери за слободна трговија
10 специјален прилог - агробизнис
април 2015
l Зошто конзервната
индустрија е скриен извозен шампион?
l На кои пазари
најдобро поминуваат македонските агро-производи?
l Конечно заживува кредитирањето на агробизнисот
агробизнис и фармерство l кои се понудите на
банките за земјоделците?
l Како да се зголеми
производството на храна? Што е тоа што може да ја заживее македонската прехранбена индустрија?
Повеќе информации во врска со прилогот и за претставување во истиот можете да добиете на е-мail: marketing@kapital.mk l sanja.savovska@kapital.mk или на телефонскиот број 02 3280 910
Лицe за контакт:
Сања Савовска
Капитал број 804 27.03.2015
42
www.kapital.mk
Бизнис и политика
Дали Германија наметнува нова игра на доверба меѓу Скопје и Атина?
Македонија и Грција пред нов договор во април
ЕУ: Веќе 6-та година Македонија не може да по
www.kapital.mk
Капитал број 804 27.03.2015
43 Симболиката позади првата мерка за градење доверба меѓу Македонија и Грција, отворање на нов граничен премине е јасна сама по себе. Поголема отвореност меѓу двете држави, значи и поголема доверба. Дали новиот договор на повидок меѓу двете страни ќе ги релаксира односите меѓу двете држави и за најтешкото прашање- прашањето за името, во моментот е одговор кој може да се темели само на претпоставки. Сепак, велат експертите, фактот дека во Грција има една нова политичка гарнитура, во која се чини доминираат отворени умови, но и фактот дека позади оваа иницијатива стои официјален Берлин, треба да се гледа како „прозорец на можности“ кој Македонија треба да го искористи. Оттука, велат експертите, можеби првиот најважен чекор е тимовите за преговори да бидат претставници со отворени умови, а не лица познати по националистичка реторика
С пишува:
Габриела Делова
gabriela.delova@kapital.mk
Со граничен премин на македонскогрчката граница кај Преспа ќе започне градењето на доверба меѓу Македонија и Грција, нова иницијатива за затоплување на односите меѓу двете земји, која се очекува да започне да функционира во април. Симболиката на првата мерка од договорот за градење доверба е јасна сама по себе, особено ако се има предвид дека поголемата отвореност меѓу две држави по теорија значи и постоење на поголема доверба меѓу двете страни. Ова е особено важно, ако се знае дека теориите за некаква територијална претензија на Македонија кон Грција, се се уште присутни меѓу некои грчки политички опции. Иако иницијативата за релаксирање на односите меѓу двете држави доаѓа
во едно турбулентно време за двете страни, грчката влада која се справува со притисок да најде формула како да го врати долгот кон Брисел, и Македонија која се соочува со внатрешна политичка криза, фактот дека зад неа стои официјален Берлин остава впечаток дека станува збор за сериозен предлог кој веројатно повеќе ќе зависи од диктатот на Берлин, отколку од темпото од двете земји, кои зафатени со своите кризи веројатно иницијативата за ваквата соработка им е последното нешто на памет. Но, оптимизам за некакво релаксирање на односите дава и фактот, што на чело на Грција овој пат е една сосема нова политичка гарнитура, која, барем според реториката во јавноста, остава впечаток дека има простор за напредок во преговорите на секое поле, па и она за името. Засега, барем според изјавите на официјална Грција, прашањето околу името, не е на агендата со теми околу кои ќе разговараат официјални Атина и Скопје кога во април ќе ги дефинираат мерките за градење на доверба. Граничниот премин, туризмот и зајакнување на економската соработка се барем засега темите околу кои се шпекулира дека ќе разговараат двете страни. А ставот на Грција, околу името (барем засега) останува непроменет- преговорите да останат под покровителство на Обединети Нации и предводени од медијаторот Метју Нимиц. Сепак, велат аналитичарите, ако новиот на повидок договор меѓу двете страни се покаже како функционален и ги релаксира односите меѓу двете држави,
Предлог мерки за градење доверба
А
ко се сумираат изјавите и погледите на аналитичарите и бизнисмените во однос на соработката меѓу Македонија и Грција, ова се дел од мерките кои може да создадат доверба, но и поголема соработка меѓу двете држави XX Да се сретнат и да преговараат полибералните умови од двете страни XX Да се престане со создавање на тензии за постоење на некакво непријателство меѓу двете страни XX Потребни се подобри проекти и поспособна администрација за да привлечеме и извлечеме повеќе пари за меѓугранична соработка со Грција XX Отворање на уште една граничен премин меѓу двете држави XX Покрај казината треба да се форсира винскиот и алтернативниот туризам XX Не треба да се занемари и здравствениот туризам XX Извоз на македонски производи кои се поквалитетни и ќе бидат конкурентни на европскиот пазар XX Од извоз на полупроизводи, да станеме земја која ќе извозува и готови производи XX Изградба на хотели со повеќе ѕвезди XX Поголема толеранција на гранична контрола, царина, полиција, па и наплатувачите на паркинг кон грчките туристи во земјава
очне преговори поради спорот со Грција
www.kapital.mk
Капитал број 804 27.03.2015
44
Бизнис и политика
П
Н Никос Коѕијас
министер за надворешни работи на Грција
а пример, од ФИРОМ бараат да се отвори граничен премин во Преспа. Не знам дали ќе се сруши вселената ако се отвори еден граничен премин и се развие туристички овој регион. Тоа е прашање за коe се размислува. Ако одлучиш да го направиш, не велам дека некој има одлучено, им создаваш на локалните заедници врска со поголема доверба, економски врски, општествени врски, односно ја подобруваш атмосферата. Мерките за градење взаемна доверба се однесуваат на помалите работи и се однесува на изградба на подобра атмосфера за соработка.
тогаш простор за решавање и на најтешкото прашање останува отворена опција. Дел од најекстремните прогнози во земјата во оваа насока се и дека доколку една од таканаречените „бомби“ на лидерот на опозицијата Зоран Заев навистина обелодени одредени македонски позиции околу прашањето за името, можноста за некаков договор со Грција станува уште поголема.
Како меѓусебните обвинувањата да станат доверба?
„Прво треба да се разговара на кое ниво политичарите од двете земји ќе разговараат. Сметам дека потребно е прво да се подготви теренот со некакви претставници на двете земји. За жал, ние не сме во убава ситуација, но ако партнерите од Германија притиснат, тоа би требало да вроди со некаков резултат. Сепак, колку тоа ќе биде успешно многу зависи тоа кои луѓе преговараат. Претпоставка е дека Грција нема да испрати претставници од Нова зора- партија која е националистички настроена, а исто така и Македонија не би требало да испратат претставници кои се познати по националистичка реторика. Потребно е сега полибералните умови да се сретнат. Само таквиот пристап може да биде попродуктивен. Она што е најважно е политички да се укаже дека нема непријатели ниту од оваа, ниту пак од другата страна на границите“, вели поранешниот министер за надворешни работи, професор Денко Малески . Според него, оваа влада во Грција „не е цврст блок- таа е шаренило од политички опции и личности меѓу кои може да се најдат отворени умови. Тие делуваат дека не се дел од цврста структура и имаат слободномислечки претставници. Сега е моментот овој прозорец на можности да се искористи“, вели тој.
Денко Малески
поранешен министер за надворешни на Македонија
рво треба да се види на кое ниво политичарите од двете земји ќе разговараат. Претпоставка е дека Грција нема да испрати претставници од Нова зора- партија која е националистички настроена, а исто така и Македонија не би требало да испратат претставници кои се познати по националистичка реторика. Потребно е сега полибералните умови да се сретнат. Само таквиот пристап може да биде попродуктивен. Она што е најважно е политички да се укаже дека нема непријатели ниту од оваа, ниту пак, од другата страна на границите.
БРОЈКИ
830
милиони евра е обемот на трговска размена меѓу Македонија и Грција
42.677
туристи од Грција ја посетиле Македонија во 2014 година и се втори најбројни туристи кои ја посетиле земјава
И претставниците од бизнис секторот се со исто размислување. Според нив, економската соработка е одлична, недостасува повеќе политичка култура и релаксирање на политичката реторика. „Пр е д се мо р а д а п р е с та н е со создавањето тензии за некакво непријателство меѓу двете страни. Нема потреба да се манипулира јавноста. Во суштина односот меѓу Македонија и Грција дека сите ние сме непријатели е однос со кој си штетиме сами себе. Тоа е демагогија. Оти меѓу македонските компании и грчките не постои никаква пречка. Бизнисот не познава боја, религија, политичка припадност“, вели Маријана Перковска, претседател на текстилниот кластер. Дека политичарите треба да учат од бизнисмените се согласува и Трајче Трајков, сопс твеник на Хемијакомерц. „Ние имаме одличен однос со Грција. Никакви бариери не постојат. Има само интереси и тие интереси треба
Најувезувани производи од Грција: XXМасла и нафтени деривати XXЖелезо и нелегиран челик XXТкаенини од памук XXМаслинки XXМасло и горива од соја
Најизвезувани производи во Грција: XXСуров и непреработен тутун XXПлоснати валани производи од железо или нелегиран челик XXБлузи, кошули XXМермер и травертин XXПрачки од железо или нелегиран челик XXПолжави да се максимизираат. Тоа е главното прашање, како да се максимизираат интересите. Политичарите треба да учат од бизнисот. Ние со грчките компании седнуваме на една маса и разговараме. Отстапките и од едната и од другата страна се секогаш потребни. Треба и политичарите да го направат тоа“, вели тој. Според бизнисмените, нема бариери во однос на економската соработката меѓу двете држави, едноставно само треба да се најдат начини како таа да стане уште подобра. nnn
Времената спогодба: прв македонско- грчки договор од 1995
ЗА ВРВНИ МАГИСТЕРСКИ СТУДИИ НЕ МОРАТЕ ДА ОДИТЕ ВО СТРАНСТВО!
СЕГА И ВО СКОПЈЕ! • Престижна МБА програма за развој на вашата кариера • Рангирана помеѓу првите 100 во светот • Со тројна меѓународна акредитација која гарантира квалитет на наставата
УПИСИТЕ СЕ ВО ТЕК! msm.uacs.edu.mk
ЗА ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ:
Универзитет Американ Колеџ Скопје Трета Македонска Бригада 60, 1000 Скопје Тел: +389 2 2463 156
Е-пошта: globalmba@uacs.edu.mk Веб: msm.uacs.edu.mk
www.kapital.mk
Капитал број 804 27.03.2015
48
анализа
В
М
Есет Џеваир
Џеваир Холдинг
ислам дека мора повеќе да работиме на запознавање на нашите бизнис заедници една со друга, за да се осознаат потребите на двата пазари и да се искористат сите можности за бизнис соработки.
Туна Ејуп
Македонско турска комора
о насока на подобрување на економската соработка помеѓу двете земји сугерирам да се изнајдат начини, македонските компании да почнат повеќе да го користат искуството и веќе освоените пазари на турските големи компании. Постојат бројни примери како во градежниот сектор каде, македонските и турски компании лесно и успешно заеднички би можеле да настапат на трети пазари.
Земја партнер: Турција
Како да се зголеми бизнисот со Турција?
Заклучок: Македонија се уште не ги има исцрпено си
www.kapital.mk
Капитал број 804 27.03.2015
49
З Таксим Чолах
Турска комора Тускон
а зголемување на бројот на инвеститори од Турција, македонските власти треба да се заложат за побрза интеграција на земјата во НАТО и ЕУ. Денот кога Македонија ќе влезе во овие меѓународни огранизации ќе биде многу профитабилен за економијата на оваа земја.
Кои се најголемите турски инвеститори во Македонија? XX ТАВ со модернизација на македонските аеродроми со вкупна инвестиција од околу 100 милиони евра XX Халкбанка за преземањето на ИК банка- 22 милиони евра XX „Коч“ кој го изгради трговскиот центар „Рамстор“ XX „Лимак холдинг“ го доби земјиштето на Јужен булевар, каде што планира изградба на хотел, трговски центар и други комерцијални, деловни и угостителски содржини. Инвестицијата се проценува на 60 милиони евра XX „Хазнедар“ од Истанбул која влезе во компанијата Вардар Доломит XX „Џеваир Холдинг“ со изградбата на висококатниците во Аеродром вредни над 100 милиони евра XX Пера констракшн интернационал, со изведба на објекти во високо градбата како трговскиот комплекс Капитол и хотелот Хилтон XX „Суташ“, кој ја купи млекарницата „Сведмилк“ за 10 милиони евра.
П Дишо Туркер Супергруп
роцедурите за извоз во Турција едноставно се преголеми. Без разлика дали нам тоа ни одговора или не турската држава нашла легитимен начин да си го заштити домашниот пазар и да им даде предност на домашните производители.
Во последната деценија Турција е шести најголем инвеститор во Македонија со вложени близу 300 милиони евра. Самите турски инвеститори оценуваат дека Македонија е најдобро организирана во привлекувањето на турските инвеститори од сите останати балкански земји. Но, од друга страна, македонските извозници и инвеститори во Турција се соочуваат со многу комплицирани бирократски процедури кои засега извозот го држат на многу ниско ниво, а трговскиот дефицит на екстремно високо.
Т пишува:
Дејан Азески
Dejan.azeski@kapital.mk
Турските бизнисмени и комори ја посочуваат Македонија како најдобро организирана држава за привлекување на турските инвестиции во регионот. Но, од друга страна, македонските извозници и инвеститори во Турција се соочуваат со многу комплицирани бирократски процедури кои засега извозот го држат на многу ниско ниво, а трговскиот дефицит на екстремно високо. Според последните податоци во периодот 2003-2014 година Турција е помеѓу топ шесте најголеми инвеститори
во Македонија со вкупно инвестирани 177 милиони евра. Турските инвестиции во Македонија можат лесно да се зголемат само ако се остварат одредени предуслови и ако се земат предвид и применат забелешките на турските компании кои веќе инвестирале во Македонија. Според Стопанската Комора на Македонија една од најголемите пречки на кој реагираат турските бизнисмени и турските инвеститори во Македонија е долготрајната процедура за добивањето на работна дозвола. Според претседателот на Македонскотурската стопанска комора, Туна Ејуп иако Македонија е најдобро организира и најгостољубива во привлекувањето на турските инвеститори од сите останати балкански земји постојат некои формалности кои треба да се досредат за се остварува уште подобра и поголема економска соработка. „Во насока на подобрување на економската соработка помеѓу двете земји сугерирам да се изнајдат начини, македонските компании да почнат повеќе да го користат искуството и веќе освоените пазари на турските големи компании. Постојат бројни примери како во градежниот сектор каде, македонските и турски компании лесно и успешно заеднички би можеле да настапат на трети пазари“, вели
ите можности за привлекување турски инвестиции
www.kapital.mk
Капитал број 804 27.03.2015
50
анализа
Инвестицијата на ТАВ во македонските аеродроми е еден од најуспешните примери на турски инвестиции во регионот
Највисоките згради на Балканот,
Ејуп. Таксим Чолак од Конфедерација на турските бизнисмени и индустријалци вели дека иако турските бизнисмени се познати по тоа што сакаат да превземаат ризик, долгот р ајната полит ичка стабилизација на Македонија која може да се постигне преку евроинтеграции би ја направила земјава уште поинтересна за инвестирање од нивна страна. „Според моето мислење за зголемување на бројот на инвеститори од Турција, македоноските власти треба да се заложат пред се за побрза интеграција на земјата во НАТО и ЕУ. Денот кога Македонија ќе влезе во овие меѓународни огранизации ќе биде многу профитабилен за економијата на оваа земја“, вели Чолак. Самите инв е с т итори в ел ат д ека генерално се задоволни од бизнис климата во Македонија, но дека треба да се превземат уште некои напори за привлекување дополнителни турски инвестици. „Имавме некои препреки во врска административните процедури, но секогаш кога сме укажале на овие прашања, соодветното министерство или институција веднаш преземаа активности за решавање и за подобрување
на постапките. Можеби треба да се превземат некои напори со цел да се надминат извесни ограничувања за трговија со различните видови производи (на пример, млеко, пилешко месо итн.) кои веруваме ќе имаат попозитивен ефект врз одлуките на бизнисмените да дојдат и да отпочнат бизнис во Македонија“, велат од ТАВ Македонија, компанија која веќе има инвестирано околу 100 милиони евра во земјава.
Каде се шансите за бизнис? XX Агрикултурата и производството на храна со висок квалитет
Македонија изобилува со природни извори и голем потенцијал за создавање на еколошки чиста храна која би можела да се користи како на турските така и на сите пазари каде што се присутни турските компании и трговци. XX Метална и електроиндустријата
Можности за соработка постојат пред се во зголемување на извоз на традиционалните производи кои досега се извезуваа, како и извоз на делови за автоиндустријата која во Турција е една од најразвиените индустрии ( ламели, потисни плочи, сигурносни појаси, амортизери за тешки возила, акомулатори), нестандарна опрема,
инвестиција на Џеваир холдинг во Скопје Најновиот ексклузивен Шопниг мол во Скопје (Капитол) е македонско турска инвестиција Турската млекарница Суташ полека но сигурно го освојува македонскиот пазар
и електроенергетска опрема и други производи. XX Текстилна и прехрамбена индустрија.
Досега се покажаа како области во кои постои голем интерес од страна на турските компании за инвестирање иако пројавуваат интерес и за секторот градежништво и туризам. Она што е забелележително од бизнис средбите е дека турските компании претежно се заинтересирани за пласман и продажба на нивните производи, преку контакти со македонски дистрибутери или ланци на супермаркети. XX Градежништво
Mожноста за вложувања во Македонија од страна на турски компании треба да се насочи, покрај изградба на разни видови објекти од високоградбата и кон концесии за истражување и експлоатација на минерални суровини, посебно кај украсен камен (мермери, гранити и други). Македонските градежни претпријатија, досега немаат остварено значителна соработка со компании од градежништвото од Турција, посебно за настап на трети пазари, меѓутоа на домашен пазар се вклучени во изведба на објекти финансирани од турски инвеститори
неопходно: македонската страна да најде начин да го
www.kapital.mk
Капитал број 804 27.03.2015
51 Кои се најувезуваните, а кои најизвезуваните производи помеѓу Македонија и Турција извезуваат: XXтопло и ладно валани производи од железо и челик – 18,6 милиони американски долари, XXтекстилни материјали, предива од памук и ткаенини од синтетички филаменти, 17 милиони американски долари, XXмермер, огноотпорни тули, блокови наменети за металургијата и керамички плочки – 7,5 милиони американски долари, XXрафиниран бакар – 6,8 милиони американски долари, XXсурови кожи од животни – 4,9 милиони американски долари, XXпрехранбени производи – 2,3 милиони американски долари, XXферосилициум – 2,2 милиони американски долари,
Како повеќе да се извезува во Турција?
Со вкупна трговска размена од 442 милиони долари Турција е осми трговски партнер на Македонија, со учество од 3,6% во вкупната размена во 2014 година. Делумно овие бројки изгледаат задоволувачки ако се споредат со другите држави со кои тргува и соработува Македонија, но ако се земе фактот дека станува збор за држава од 80 милиони луѓе која е географски, културолошки и економски многу блиску до Македонија лесно може да се заклучи дека овие бројки би можеле да бидат многу подобри. Стопанствениците и експертите кои ги анализираат македонско-турските економски односи се децидни дека простор за многу поголема економска соработка постои, но под услов Владите и стопанствениците да ги створат потребните предуслови. Како што стојат сега работите, трговскиот дефицит на македонска страна сега изнесува 242,8 милиони долари. Вредноста на увозот од Турција изнесува 314,5 милиони долари, а на македонскиот извоз само 71,7 милиони долари. Скромните 68 милиони долари кои Македонија ги извезла на 80 милионскиот турски пазар во минатата година
увезува: XXпредива и други ткаенини од памук – 33,1 мил.американски долари, XXпрехранбени производи (вклучително зеленчук и овошје) – 14 мил. американски долари, XXелектрична опрема и бела техника – 12,9 мил. американски долари, XXмоторни возила за превоз на лица и стока (вклучувајќи и нивни делови) – 7,3 мил. американски долари, XXруди од никел – 7,3 мил. американски долари, XXлекови и козметика – 5,6 мил.американски долари, XXжици од рафиниран бакар – 5,4 мил. американски долари XXпортланд цемент – 3,4 мил.американски долари
изгледаат навистина мизерни во однос на увозот од Турција. Од оваа сума најголемиот дел отпаѓа на топло и ладно валани производи од железо и челик со 18,6 милиони долари и на текстилни материјали, предива од памук и ткаенини од синтетички филаменти, со вкупно учество во извозот од 17 милиони долари за изминатата година. Многумина ќе се согласат дека ова не е ниту минимален дел од лепезата производи кои Македонија може да ги извезува со оглед дека станува збор за држава со приближна големина на Германија, со многу компатибилна економија на македонската и географски многу поблиска од сите наши поголеми трговски партнери. Ова го потврдува и Есет Џеваир, член на управниот одбор на Џеваир Холдинг. Според него можни се две варијанти, продажба на производи од Македонија во Турција или пак заедничка соработка за производство. „Знам неколку македонски компании што веќе преговараат со турски компании да направат некакво партнерство, односно комбинација од искуствата и know-how од Турција и евтината работна сила од Македонија, така што можно е да се договори заедничко производство. Исто така има и компании кои што сакаат да ја
зголемат својата конкурентност, одат во Турција, се договараат да соработуваат со некоја турска компанија за да го модернизираат производството со нови технологии и тоа е исто така успешен модел. Мислам дека мора повеќе да работиме на запознавање на нашите бизнис заедници една со друга, за да се осознаат потребите на двата пазари и да се искористат сите можности за бизнис соработки“, вели Џеваир. Сепак искуствата од теренот се поразлични. Бизнисмените и транспортерите кои директно се поврзани со Турција велат дека на патот за извоз кон таа земја има сериозни компликации и пречки. Дишо Туркер од кондиторската индустрија Супергруп вели дека иако подолг период размислува за извоз во Турција засега административните пречки го одвраќаат од тоа. „Едноставно процедурите за извоз во Турција се преголеми. Без разлика дали нас тоа ни одговора или не турската држава нашла легитимен начин да си го заштити домашниот пазар и да им даде предност на домашните произведувачи. Моето долгогодишно иск усво во соработката со оваа земја на сите полиња ми потврдило едно, ако од некоја суровина или производ има доволно или вишок домашни производители, тогаш скоро е невозможно да се дозволи дополнителен увоз на таа суровина или производ“, вели Туркер. Попозитивно искуство од Туркер има Абдулахим Ремзи од гостиварската компанија Вардар Доломит, која 60% од производството пласира во Турција. „Нашата компанија има доминантнен турски капитал. Најголем дел од нашето производство се пласира на турскиот пазар. Станува збор за околу 16.000 тули годишно и големи количини на течна маса за тули. Оваа пракса ја применува веќе две години и немаме никакви пречки во делот на извозот. Едноставно на турскиот пазар има потреба и побарувачка од нашите тули и ние тоа го испорачуваме“, вели Ремзи. Од Стопанската комора на Македонија велат дека постои ограничената можност за влез на празни македонски камиони во Турција за превоз на стока во билатерала, поради конгентираниот број на дозволи чиј број е недоволен за задоволување на барањата и потребите на македонските транспортери. Исто така пре - заверката на сертификати за квалитет, безбедност на призводот на македонски производи во Турција е скапа работа и процесот е предолг. Тука е и процедурата за увозот на одредени производи во Турција кои се подложни на анализа, која е премногу долга и се чека по неколку месеци“, велат од Стопанската Комора на Македонија. nnn
зголеми извозот кон 80 милионскиот турски пазар
Капитал број 804 27.03.2015
52
www.kapital.mk
aнализа
Државата (ќе) мора да се одвои од партијата
Зошто поглавјата 23 и 24 станаа "алфа и омега" во преговорите со ЕУ? Не треба длабока анализа или силна експертиза за да се изведе заклучокот, дека политичката криза во која се најде земјава, дополнета со информациите обелодените преку акцијата „Бомба“ или „Пуч“ во зависноста од тоа од кој табор се претставени, на виделина јасно покажаа дека институциите во државата воопшто не функционираат, а поделбата на власта, основното начело за функционална демократија, воопшто ја нема. Прашањето што сега се наметнува, откако високо кренатата топка ќе се спушти на земја, и откако веќе не постојат дилеми дека државата и политичкат партија се едно неодвоено ткиво, е како и на кој начин политичките актери ќе ги спроведат реформите преку кои треба да ја вратат довербата на граѓаните во системот? Одговорот на ова сложено прашање лежи токму во двете „алфа и омега“ поглавја на Брисел кои станаа клучни за процесот на интегрирање во ЕУ
Преговори: Место исчекор во преговорите, Македони
www.kapital.mk
Капитал број 804 27.03.2015
53 поглавје 23
Поранешни
П пишува:
Габриела Делова
gabriela.delova@kapital.mk
Позади правта, крената високо од оддекот на 8-те бомби презентирани од страна на опозицијата, а за чија вистинитост и автентичност допрва треба да се води истрага и да се произнесе Јавното обвинителство, ако нешто се докажа, тоа е вистинитоста на со години владејачката перцепција на граѓаните, потврдена во многу меѓународни извештаи: нефункционални институции, неодвоеноста на партијата од државата, партизираноста на судството, партизираност на бирократија …
министри, медиумски магнати, судии, тужители…Дури и десната рака на поранешниот претседател Трајан Басеску, Елена Удреа се мета на истраги за корупција Вучиќ нареди да се уапси најголемиот тајкун во Србија, Мирослав Мишковиќ кој од српското обвинителство беше приведен за организиран криминал и корупција. Беа уапсени и неколку директори на јавни претпријатија
Истата не само што дава потврда дека граѓаните сепак не се толку наивни кога се во прашање политиките на државата (нивната перцепција сепак е точна), туку дава алиби на одлуката на Брисел, зошто од пред нешто повеќе од пет години, категорично одлучи дека, 23 и 24 поглавје во преговорите со ЕУ се првите што се отвораат, односно последните што се затвораат во процесот на интегрирање. Особено кога станува збор за регинот кој никако да се одвои од епитетот „буре барут“. И не само тоа. Според одговорот на Секретаријатот за европски прашања испратен до Капитал, земјите кои преговараат или до прва ќе преговараат со ЕУ, во рамките на ова поглавја имаа и меѓувремени одредници кои ќе треба да ги исполнат, а според Секретаријатот причината за тоа е да го засилат притисокот за спорведување на сите неопходни реформи. Високиот дијалог на Македонија со ЕУ кој ги опфаќа(ше) токму клучните политики од погореспоменатите поглавја, повеќе од година дена е замрзнат, а се погласни се и тврдењата од Брисел, дека, по прв пат во историјата на ЕУ, една препорака за преговори, каква што има Македонија од Европската Комисија, постои можност да биде повлечена.
Поглавјето 23 уште е повеќе политичко поглавје кое има за цел да покаже пред се дека државата е јасно одвоена од политиката l реформа на правосудство антикорупциска l политика l независно судство l интегритет на судовите и судиите непристрасност l l високи стандарди на пресудите l финансиска независност на судиите l постојан тренинг на судиите и антикорупционерите одлучна борба против l корупцијата l стабилност на демократските институции
поглавје 24 l надворешни граници и шенген систем, l миграција, азил, визи, полициски стандарди, борба против l организиран криминал, l борба против трговијата со луѓе, борба против тероризам, l судска соработка во граѓански и кривични работи, l царинска соработка.
ија се соочува со чекор наназад, од цели 6 години
www.kapital.mk
Капитал број 804 27.03.2015
54
aнализа
Градоначалникот на Марибор, Франц
Канглер поднесе оставка по бранот протести на граѓаните кои бараа од него да се повлече обвинувајќи го за вмешаност во корупција Поранешниот премиер на Чешка, Петр Нечас, поднесе оставка од премиерската функција заради аферата во која се уапсени седум негови блиски соработници и сопартијци, и самиот е осомничен дека учествувал во потплаќање на тројца пратеници кои се откажале од нивниот мандат за друга корист
Место исчекор во преговорите, Македонија се соочува со чекор наназад, од ниту повеќе ни помалку, туку цели шест години. (2009 година Македонија за прв пат доби препорака за почнување на преговорите) Секако, веќе не постои дилема дека политичката криза во која потона земјава директно влијае на ваквата реторика од Брисел. Потврда за тоа е и откажаната посета на Директорот на Директоратот за проширување, Кристијан Даниелсон, закажана за почетокот на месец феруари, недела дена пред посетата на еврокомесарот за регионална политика и преговори, Јоханес Хан, кој пак дојде во земјава и без официјална пресконференција замина назад. Тука е и откажаната средба на претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер со премиерот Никола Груевски, кој децидно рече дека причината позади таквата негова одлука е „загрижуваката состојба во земјава“.
Што нè очекува?
Но, кога ќе падне и последната честичка крената од оддекот на екплозијата што (ќе) ја предизвикаат бомбите, враќањето назад на колосекот кон приближување до европските вредности, кои пред се значат јасна поделба на власта и
функционалноста на институциите, колку и да биде тешко, сепак ќе се случи. Во најмала рака поради фактот што македонската надоворешна политика е конзистентна од осамостојувањето- членство во ЕУ и НАТО. Оттука прашањето е , што е она ја очекува земјата за да се врати назад на преговорите со Брисел, тогаш кога бурата ќе стивне? Секако, премногу наивно би било да се тврди дека за членство во ЕУ потребно е целосно искоренување на корупцијата и криминалот. Примерите од земјите членки силно го побиваат таквиот заклучок. Но она што Брисел го бара, а е преточено најмногу во двете „алфа и омега“ поглавја во преговорите, е функционирање на институциите и самиот систем. Да се потсетиме само дека повеќе од цела една година, Белгија, срцето на Европската унија, успеа да функционира без влада, токму поради прецизно вопоставениот систем на функционирање. Директорката на Институтот за европски политии, Малинка Ристеска Јорданова, вели дека исполнувањето на критериумите од поглавјата 23 и 24 на кратко значи дека институциите треба да дејстуваат сосема спротивно од тоа како функционираат сега. „Поглавјата 23 и 24 се оние коишто
најдиректно ја засегаат поделбата на власта и функционирањето на институциите – а тоа е во основата на идентитетот на ЕУ. Затоа се и најзначајни и најосетливи за сегашните држави пристапнички. За да се задоволат критериумите на поглавјето 23 потребно е државата да обезбеди докази дека има независно, професионално и ефикасно судство; дека се воспоставени и функционираат и законските и институционалните механизми за борба против корупцијата; како и дека се почитуваат темелните права на граѓаните. Накусо, на крајот на преговорите институциите би требало да дејстуваат сосема спротивно од тоа како функционираат сега – како што деновиве се разоткрива низ прислушкуваните разговори. Тоа би значело на пример, личности со интегритет и професионалност избрани во независните тела; немешање на власта во судски одлуки, поставување на службата за безбедност во нејзината улога според закон и ефикасна контрола над неа, остварување на правото на фер судење, донесување квалитетни судски одлуки со издржани образложенија, итн. итн. Незамислива би била спрегата меѓу власта и медиумите, а да не зборуваме за нарачани
Ристеска: институциите работат спротивно од тоа како треба
www.kapital.mk
Капитал број 804 27.03.2015
55 прилози... Независните регулаторни тела би донесувале одлуки, согласно професионалноста и објективноста, а не по нарачка на Владата. Значи, потребен е целосен пресврт. Во овие две поглавја во голема мерка се работи за стекнување доверба кај државите членки на ЕУ дека вашите институции ќе го применуваат правото на ЕУ и ќе постапуваат еднакво кон сите, вклучувајќи ги и нивните субјекти – граѓани, фирми. Македонската влада целосно ги разниша тешко стекнатите позиции и растечката доверба. За жал, многу е потешко да повратиш изгубена доверба, одошто да ја стекнеш“, заклучува Јорданова.
Промена: Поглавјата 23 и 24 сега се отвораат први
Судејќи по одговорот од Секретаријатот за европски прашања Македонија во моментот во однос на овие две поглавја е се уште во фаза на техничка анализа и подготовка на законодавството. Имлементацијата, која е најважна, се уште чека да биде спроведена. Таквиот процес пак, ќе биде доста мониториран од Брисел, кој воведе и меѓународни одредници за овие две поглавја, со цел ЕУ да биде сигурна дека критериумите навистина ќе бидат исполнети. „Инстит уциите на РМ започнаа со длабинската анализа, и тоа техничка анализа на степенот на усогласеност на националното законодавство со законодавството на ЕУ за поглавјата 23 и 24, и подготовка на сеопфатен материјал кој ќе даде преглед на постоечките и планирани законодавни усогласувања вклучувајќи и временска рамка, имплементација на законодавство и планови за имплементација и јакнење на институционалните капацитети вклучувајќи временска рамка почнувајќи од моменталниот статус (вклучувајќи ги и административните капацитети)“, велат од Секретаријатот. Дополнително, оттаму откриваат дека во преговорите за овие две поглавја се воведени и меѓувремени одредници кои ќе мора да се исполнуваат. „ЕК поучена од примерите за прием на последните сега веќе земји членки, воведува нов приод за водење на пристапните преговори, согласно кој, поглавјата 23 и 24 ќе се отвораат први, ќе бидат отворени за време на целиот процес на преговори, и ќе се затвораат последни. Уште една новина кај овие поглавја е што, покрај одредниците како предуслов за отварање и за затварање на поглавјата, се воведуваат и меѓувремени (т.н. interim benchmarks) одредници. На овој начин ЕК и земјите членки, сакаат да го задржат вниманието и да го засилат притисокот за спорведување на сите неопходни реформи за постигнување на бараните стандарди во овие круцијално важни области“, ни изјавија од Секретаријатот.
Примерите на Хрватска и Србија
Но, за сликата да биде појасна, за тоа што значи ова, можеби сепак поконкретен пример даваат земјите од регионот кои станаа или се на пат да станат полноправни
членки на ЕУ. Секако тука, можеби најјасен пример се случувањата во Хрватска во последната година од пристапувањето кон Унијата. Апсењето на екпремиерот Иво Санадер и разобличување на криминалот и корупцијата кои тој и неговата партија ги правеле во време на свое владеење беше можеби најголемиот залак кој Хрватска мораше да го проголта за да покаже дека таму, сепак постои владеење на правото и функционирање на институциите. Не така одамна, силна порака стигна и од актуелниот српски премиер Александар Вучиќ. Непосредно пред доделувањето на датмуот за преговори со ЕУ, тогаш новизбраниот премиер Вучиќ целата своја кампања ја обележа со ветувања дека ќе стави крај на криминалот и корупцијата во државата, односно владеењето на тајкуните поради чии интереси, иднината на државата е доведена во прашање. Иако, до ден денес конкретни примери за апсења и пресуди на “големите риби“во Србија се уште нема (дел од нив беа само приведени), сепак со секој исчекор нанапред повеќе од јасно е дека и официјален Белград, доколку сака во ЕУ, ќе мора еднаш засекогаш да расчисти со политичкиот криминал во државата. Со слична состојба, како Србија се соочува и Црна Гора, која во 2010 година доби датум за преговори. Извештаите за напредокот на оваа држава се полни со барања за ставање крај на корупцијата и криминалот и во оваа држава. Иако побавно, сепак и таму полека но сигурно се подгтовува теренот за вакви акции.
Зошто во Бугарија често има предвремени парламентарни избори?
Во овој контекст, можеби сепак најголемо изненадување, а воедно и потврда дека членство во ЕУ значи справување со политичката корупција и кримнал (когатогаш), се случувањата во Романија. Иако речиси деценја подоцна откако стана полноправна членка на Унијата, и Романија деновиве расчистува со расипаната политичка гарнитура. Голем број политичари, актуелни и поранешни, се најдоа зад решетки, а полицијата и антикорупционерите го чешлаат секое досие за кое има наводи за постоење криминал и корупција. Оценката дека Брисел донела незрела одлука со приемот на Бугарија и Романија во 2007 година, очигледно второспоменатата држава реши да ја промени. А се чини кон таква промени оди и Бугарија која, сe' почесто се соочува со предвремени парламентарни избори што се јасна потврда дека на граѓаните им е доста од лошите политики на тамошните политичари. Оттука, вавкиот домино ефект, кој веќе силно е навлезен во регионот, несомнено е дека ќе ја погоди и Македонија. Дали бомбите на лидерот на опозицијата Зоран Заев се само почеток на таквото сценарио останува да се види… Тука секако голема одоговорност лежи кај обвинителите и антикорупционерите кои треба да покажат дека сепак, судството и институциите мора и може да функционираат независно. nnn
www.kapital.mk
Капитал број 804 27.03.2015
56
Свет бизнис и политика
Кина ги менува светските финансии
Кинеска развојна банка ривал на ММФ и Светска банка
Н
Најмалку четири земји од Европската Унија побарале од Пекинг да бидат дел од новата Азиска банка за инвестиции во инфраструктурата, која веќе има 27 членки и која официјално треба да биде формирана на крајот од оваа година. Како што изјави кинескиот министер за
Европските локомотиви-Германија, Велика Британија, Франција и Италија влегоа во групата од 30 земји кои официјално сакаат да бидат дел во новата Азиска банка за инвестиции во инфраструктурата, која под водство на Кина треба да се формира до крајот на годината, а која предизвикува остри реакции од Вашингтон
финансии, Лу Џивеј, новите меѓународни финансиски институции нема да бидат замена за Светската Банка, ММФ или Азиската развојна банка, туку ќе се фокусираат на одобрување заеми за инфрастурктурните проекти во Азија. „Вестите се добри бидејќи многу развиени земји надвор од Азија сакаат да се придружат на основачите на банката“, рече Лу.
Најавите на европските земји за прием во Азиската банка за инвестиции во инфраструктурата, минатата недела предизвика остра реакција од Вашингтон. „Нашата порака до Кина е дека цврсто ги подржуваме инвестициите во инфрастуктурата, но бараме непогрешливи докази за високите стандарди со кои функционира постоечката Меѓународна банка за развој“, изјави Даниел Расел,
Кина: Растечката економија сака да биде погласна во светските финансии
www.kapital.mk
Капитал број 804 27.03.2015
57
Кристин Лагард, шефот на ММФ смета дека
има огромен простор за соработка со Азиската банка во финансирање на инфраструктурата
Официјален Вашингтон реагира приличо
нервозно на кинеската офанзива во светските финансии Првиот проект на Азиската инвестициска банка ќе биде изградба на “патот на свилата”, односно сообраќајно трговска магистрала која повторно ќе ја поврзе Кина со Европа.
помошник амерички државен секретар за Азија. Кредитната политика и акционерскиот однос на банката ќе бидат обелоденати на крајот од 2015 година. Конкурсот за прием на нови членки се затвора на крајот од овој месец. Покрај големите европски локомотови, официјална желба за учество во оваа банка пројави и Швајцарија.”Банката има потенцијал да стане нов важен дел на меѓународната финансиска архитектура и да одигра клучна улога во финансирањето на итно потребната инфраструктура во Азија”, се вели во соопштението на швајцарската влада.
Кинеска светска банка
Кина веќе неколку години наназад активно работи на создавање на нова глобална финансиска структура која ќе биде конкурент на Светската банка и Азиската развојна банка кои се под целосна контрола на Соединетита американски држави (САД). Но, од идеја Азиската инфраструктурна инвестициона банка (Asian Infrastrukture Investment Bank) веќе станува реалност и полека неофиоцијално го добива името Кинеска светска банка. Кина во изминатиот период излезе со иницијатива капиталот на таа банка да се зголеми на 100 милијарди долари, од првичните превдидени 50
милијарди долари. Кина смета дека Светската банка и ММФ, двете најмоќни меѓународни финансиски институции, не и дозволуваат нормално да делува во финансиката сфера бидејќи се во доминантна сопственост на САД, и затоа сака да формира развојна банка во која таа би ималапоголемо влијание. Првиот проект на Азиската инвестициска банка ќе биде изградба на “патот на свилата”, односно сообраќајно трговска магистрала која повторно ќе ја поврзе Кина со Европа. Поголемиот дел од парите во оваа банка би биле обезбедени од Кина и ќе бидат потрошени на инфраструктурани проекти низ регионот, вклучувајќи ја и изградбата на директна железничка линија од Пекинг до Багдад. Напорите на Кина за ваква регионална финансиска институција се рефлексија на нејзините фрустрации заради преголемата доминација на САД во мултилатералите институции. Кинеските лидери со години бараат
www.kapital.mk
Капитал број 804 27.03.2015
58
Свет бизнис и политика
поголема улога во управувањето со Светската банка, ММФ и Азиската банка за развој и промени кои ќе го рефлектираат растечкото економско значење на Кина. Експерти кои се вклучени во оваа иницијатива потврдуваат дека Кина е решена по секоја цена да оди до крај со овој проект, дури и по цена никој друг да не влезе во него. Според последниот извештај на Обединетите нации кинеските инвестиции во странство до крајот на годината ќе ги надминат странските инвестиции кои влегуваат во Кина. Со тоа Кина и официјално ќе стане нето извозник на капитал, за разлика од изминатите неколку декади беше нето увозник на капитал. Ако Азиската инфраструктурна инвестициона банка (АИИБ) се основа со капитал од 100 милијарди долари како што се предвидува, тогаш таа од самиот старт ќе биде големо колку две –третини од постоечката Азиска банка за развој, во која најголеми акционери се Јапонија и САД кои поседуваат 15,7%, односно 15,6%. Од почетокот на нејзиното основање во 1966 година претседател на оваа институција е секогаш Јапонец. Учеството на Кина во оваа финансиска институција изнесува 5,5% од капиталот, иако кинеската економија уште во 2010 година ја надмина јапонската економија и стана втора најголема економска сила во светот. Кинеските власти за иницијативата за формирање на Азиска инфраструктурна инвестициона банка веќе разговарале со повеќе земји од југоисточна Азија, Средниот Исток, Европа и Австралија. Но, експерти кои се вклучени во иницијативата велат дека Кина сака колку што може повеќе да ги држи настрана САД и нивните сојузници или да го намали нивното влијание колку што може повеќе, па затоа и по една година активни преговори САД, Јапонија и Индија не се воопшто ниту поканети да земат учество во формирањето на оваа регионална финансиска институција. Пекинг се надева новата инвестициона банка да се формира до крајот на годинава, а Џин Ликуин, кој е поранешен претседател на кинескиот државен инвестициски фонд
Лидерите на Русија и Кина веќе и официјално потпишаа договор за соработка во финансирање на инфраструктурата
е назначен од кинеските власти да ја реализира и воспостави новата Азиска инфраструктура инвестициска банка.
Како ќе функционира Кинеската развоја банка?
Кинеската желба да ги инвестира акумулираните финансиски средства во странство и да го зголеми своето влијание е сосема разбирливо за целиот свет. Но, кинеската задача околу основањето и функционирањето на оваа банка, според светските аналитичари, ќе биде покомплексна од едноставно обезбедување на капитал. Едно од големите прашања е колку АИИБ може да се деференцира од политиката на државните кинески банки кои позајмуваат капитал како кинеската Ексим Банка и Кинеската развојна банка и до кој степен ќе се мешаат државните функционери. И покрај големото искуство на Кина во финансирање на проекти во странство, кинеските финансиски институции се уште не ги исполнуваат стандардите за добро корпоратувно управување, корпоративно опшествена одговорност и проценките за
влијание на проектите кои ги финансира врз животната средина. Кинеската финансиска офанзива зема особен замав во земјите во развој кој се соочуваат со ограниувања од западните финансиски институции. Но, и покрај тоа што кинеското финансирање на инфраструктурни проекти низ светот земат се поголем замав, финансирањето и кредитите се договораат на државно ниво и најчесто договорот е да се користи кинески кредит, кинеска опрема и кинеска работна сила. Уште едно важно прашање е дали при управувањето со АИИБ приоритет ќе се даде на политичкото влијание на Кина пред економските критериуми и повратот на капиталот. Веќе постојат шпекулации дека Кина со оваа банка сака да го зголеми своето политичко влијание врз Европа, па приоритет ќе дава повеќе на политички, а не на економски исплатливи проекти. Дали оваа кинеска развојна банка ќе успее да стане вистинска алтернатива и конкурент на ММФ останува времето да покаже. nnn
! " !
www.kapital.mk
Капитал број 804 27.03.2015
В 60
CEO Profile
Во Philips се надеваат дека годинава ќе биде малку “пољубезна“ одошто лани, кога компанијата претрпе пад на приходите од 66%, што доведе од стрмоглавување на добивката од 1,2 милијарди евра во 2013, на само 411 милиони во 2014-та. Затоа, 2015 ќе биде предизвик за производителот на електроника, а главниот извршен директор Франс ван Хојтен според многумина има јасна визија и стратегија што ќе помогне во препород на брендот кој што настрада од преголемата диверзификација на производството. Иако Philips е најпознат по својата потрошувачка електроника, каде што влегува сè од бела техника до четкички за заби, оние што не го познаваат доволно брендот можеби не се свесни за неговото присуство и во други пазарни сегменти. Помалку познато е дека компанијата е значително инволвирана во сегментот медицинска опрема, снабдувајќи ги болниците со апарати за магнетна резонанца, рентген, итн. Но, исто така Philips е голем производител и на најразлични типови на светилки и опрема за осветлување. И додека компанискиот оддел за потрошувачка електроника имаше солидни перформанси последниве години, истото не може да се каже за сегментите здравство и осветлување, кои што со своите слаби резултати предизвикаа акциите на Philips да загубат од вредноста. Тие лани паднаа за повеќе од 6% откако беше објавено дека овие два компаниски сектори нема да ги остварат продажните таргети следните две години. За среќа на акционерите, Philips реагираше брзо, па Ван Хојтен објави дека компанијата ќе се подели на два дела, со тоа што потрошувачкате електроника и опремата за здравство ќе бидат под иста капа, додека ќе се издвои делот за светилки. Целта на овој потег е да им се помогне на секторите да се фокусираат повеќе на сопствените производи, со што би ги подобриле на тој начин перформансите и би привлекле дополнителни инвестиции. Но, одлуката не е само заради обидот да се подобрат финансиските резултати и да се спаси цената на акцијата. Тоа е дел од многу пообемниот план на Холанѓанецот Ван Хојтен за трансформација на компанијата стара 123 години. Како што самиот кажа во едно неодамнешно интервју за Financial
Франс ван Хојтен директор на Philips
Ја подели компанијата за да и ја врати старата слава
Philips имаше тешки моменти изминатава деценија, но шефот на компанијата, Франс ван Хојтен верува дека “фениксот ќе изникне од пепелта“. Годинава ќе биде тест за ова предвидување, и би можела да ја создаде или уништи иднината на компанијата. Times, “фениксот почнува да се издигнува од пепелта.“
Поделба
Одлуката за поделба на компанијата на два дела е можеби шокирачка за оние што ја знаат историјата на Франс ван Хојтен во Philips. Неговиот татко на времето бил член на управниот одбор, со кого што претседава сега тој, па иако компанијата не е семејна, туку котира на берза и има многу акционери, сепак позицијата на Ван Хојтен помладиот има некаква сентиментална нишка. Тој ја почна кариерата во Philips, веднаш по дипломирањето во 1986 година, во компанискиот сектор за продажба и маркетинг, и освен еден кус период, оттогаш е во фирмата. Се разбира дека неговото искуство во фирмата е огромно, што му носи не само големо знаење за тоа како функционира самиот бизнис, туку и му обезбедува личен удел во успехот и опстанокот на Philips. Овие несомнени квалитети беа клучни за неговото назначување за главен извршен директор во април 2011 година, и овие атрибути се тоа што на компанијата и треба
со цел да се натпреварува и опстане на силно конкурентниот светски пазар. Иако е цврсто врзан со бизнисот на Philips, тоа не го заслепи од гледањето кои се слабостите на компанијата, напротив. Овие квалитети му помогнаа на Ван Хојтен да разбере каде тоа бизнисот неуспешно функционира и како да се надминат сите тие предизвици. Еден од најголемите проблеми што тој го идентификуваше , што имаше голем удел во неговата одлука за поделба на компанијата, беше признанието дека таа премногу се раширила во својата диверзификација на производите, до точка кога понудата станала преголема за апетитите на пазарот, што доведе до драматично паѓање на профитот. Токму заради ова тој реши да го фокусира своето внимание, а и компаниското, на производите за домаќинство и здравствена заштита, а одделот за светилки го остави отворен и за евентуален друг сопственик кој би бил заинтересиран. Во овој момент, сè уште не е јасно каква ќе биде иднината на бизнисот со светилки. Можно е Philips да добие понуда од конкурентска компанија што едноставно
Spin-off: Philips ги одвои светилките од потрошу
www.kapital.mk
Капитал број 804 27.03.2015
61 CV на Франс ван Хојтен Роден XX 1960, Холандија
Образование XX Економија, Универзитет Еразмус, Ротердам
Искуство
Поставување темели за регионалниот центар на Филипс во Сингапур
Ван Хојтен се вработи во Philips во 1986 година, и оттогаш, само со мал прекин, е во компанијата
сака да го зголеми сопствениот пазарен удел. Но, за сега, директорот вели дека овој оддел ќе продолжи да работи под брендот Philips, и дека одлуката да се подели првенствено е донесена за да им се помогне и на двете нови компании да доживеат преродба. “Го подготвуваме Philips за следниот век“, рече Ван Хојтен. “Со тоа што му даваме независност на нашиот оддел за светилки, тој ќе има подобра шанса да ја задржи глобалната лидерска позиција и да искористи нови пазарни прилики“.
Менување на фокусот
Не е големо изненадување што Ван Хојтен избра повеќе да се посвети на бизнисот со медицинска опрема. Иако и двата оддели не ги исполнија зацртаните продажни цели, медицинската опрема успеа да заработи двојно повеќе одошто светилките, со продажба од 15 милијарди евра во 2013, за разлика од седум милијарди на светилките. Но, слабите продажни резултати не се единствената причина за промена на фокусот. Се работи и за правецот во кој што Ван Хојтен смета дека се развива пазарот за медицинска опрема, и како Philips може да профитира од тоа. “Глобално, државите бараат начини за подобра и поевтина здравствена заштита, која излегува и надвор од болничките ѕидови“, објаснува тој. “За да ја овозможи оваа револуција, здравствената нега мора да понуди интегрирана услуга“. Затоа не е ни чудо, што тој ги спои одделите за потрошувачка електроника и медицинска
Philips низ бројки
1891 115.400 1,2 година основана
вработени
милијарди евра профит во 2013година
411
милиони евра профит во 2014година опрема. Сега, новиот ентитет треба да ја обезбеди потребната платформа за компанискиот иден развој и да овозможи подобро да се задоволат потребите на пазарот кој што оди напред. Еден од новите производи што излегоа како резултат на ова спојување е паметниот пречистувач на воздух. Дизајниран да им помогне на луѓето со респираторни
XX 1986: Ван Хојтен доаѓа во Philips Data Systems по дипломирањето како економист, првично работејќи во продажба и маркетинг XX 2002: По неколкуте позиции низ годините, тој е поставен на местото шеф на единицата за потрошувачка електроника при Philips Data Systems, што му е прва висока менаџерска функција во фирмата XX 2004: Ја добива позицијата на извршен директор на Philips Semiconductors, која што потоа успешно ја трансформираше и продаде како NXP Semiconductors. XX 2010: По повлекувањето на Жерар Клајстерле, Ван Хојтен го назначија за CEO на Philips. Веќе ја покажа својата способност за брзо размислување, со одлуката да се подели компанијата со цел да се подобрат продажбите. проблеми, како и на сите оние што се борат со зголеменото загадување во густо населените градови, производот ја отсликува всушност насоката во која што компанијата се труди да оди. Тоа е перфектен амалгам на двата оддели – медицински производ за потрошувачкиот пазар. Новиот правец е паметен потег на Ван Хојтен, сметаат аналитичарите. Економската криза остави многу држави, особено во Европа, со кусок на пари, па следствено, многу од светските здравствени системи останаа со недоволни фондови. Со тоа што им се овозможува на приватни компании да влезат на пазарот со иноватини решенија за здравствена заштита, би требало да го намали притисокот врз јавното здравство. Овој јаз на пазарот донесе прилика компанијата да почне поблиску да соработува со професионалци од здравството ширум светот, и преку тоа, подобро да ги разбере потребите на болниците, односно пациентите. Исто така,ќе и овозможи на новонастанатата фирма да развие иновативни технологии што ќе им помогнат на здравствените кои имаат очајна потреба од поддршка. nnn
шувачката електроника и медицинската опрема
www.kapital.mk
Капитал број 804 27.03.2015
62
Tete-a-tete
Златко Крамариќ
Амбасадор на Република Хрватска во Македонија
За сè може да се најде решение, само ако се сака Првиот хрватски амбасадор на Косово и поранешен градоначалник на Осијек за време на војната во Хрватска во 90-те, а сега на служба во Македонија, вели дека после сè што поминал во животот, дефинитивно му се потврдило дека конфликтите се бесмислени. Неговиот совет до младите лидери е да го релаксираат крутото сфаќање на политиката и да престанат да бараат влакно во јајцето.
Македонист:
Крамариќ е познат проучувач на м
www.kapital.mk
А
Капитал број 804 27.03.2015
63
разговара и фотографија:
Дејан Азески
dejan.azeski@hotmail.com
Актуелниот хрватски амбасадор во Македонија, во политичките кругови на Балканот стана познат како првиот амбасадор на својата земја во Косово, а претходно, во 90-те, и како градоначалник на Осијек за време на војната во Хрватска. Крамариќ вели дека после се што поминал во животот, дефинитивно му се потврдило дека конфликтите се бесмислени. Неговата порака до политичарите е да го релаксираат крутото сфаќање на политиката и да престанат да бараат влакно во јајцето.
“Јас дојдов веќе вљубен во Македонија“
Амбасадорот Крамариќ со гордост потенцира дека со Македонија е преокупиран децении пред стапувањето на неговата дипломатска служба во земјава. Тој е еден од неколкумината прочуени македонисти кои се најдобри амбасадори на македонската литература и култура надвор од нашите државни. Еве како Крамариќ се импресионирал од нашата литература и решил целата професионална кариера да и ја посвети. "Јас во Загреб го завршив Факултетот за славистика и филозофија. Можеби поприродно ќе беше да се занимавав со некој друг словенски јазик, на пример словенечкиот, бидејќи сум “кајкавец“ по раѓање. Но,постоеше еден прочуен ваш професор, Петар Кепески, кој прво ме навлече, а потоа и вечно ми ја всади љубовта кон вашиот јазик. Уште се сеќавам на неговата антологија на македонската поезија која успеа да ме фасцинира и до крај да ме увери дека има смисла, покрај македонската драма и проза да се посветам и на македонистиката“. Крамариќ се сеќава и на прекрасните дружења со легендарниог Славко Јаневски и цела генерација на други извонредни македонски автори од тој период, како на пример, Живко Чинго, Петре М. Андреевски и останатите. Но, со жалење констатира нешто што уште тогаш го забележал, а тоа е дека културната размена на југословенско ниво е ограничена само на тесни кругови
од високата академска класа. "Според мене токму тоа беше основа на сите проблеми. Југославија со прекини постоеше повеќе од 70 години. Недопустливо е што културите останаа толку затворени во етничките граници. Јас дури кога станав амбасадор на Косово сфатив колку малку сме знаеле ние за останата култура од тие народи припадници на една држава. Едноставно сме имале премногу стереотипи, а премалку знаење!“ Како добар познавач на македонскиот јазик и како негов долгогодишен истражувач, го прашав Крамариќ и околу некои дилеми повразни со оваа проблематика. Како на пример, ставот на некои лингвисти од земјава и регионот за тоа дека Блаже Конески создал вештачки, затворен јазик, кој е неспособен за природно ширење и кој ссгласно на тоа е предодреден да исчезне. "Како прво, судирот на концептите на Конески и Маркоски треба да се гледа од тогашна, а не од сегашна перспектива. Сигурно има многу оправдани причини зошто бил прифатен едниот метод, а не другиот. Но, дефинитивно не е погрешно и нема никаква реална опасност. Јазикот е жива материја која сама од себе се корегира. Можеби ново нормирање воопшто и нема да е потребно. Тој на долг рок сам ќе си ги усклади нелогичностите и пропустите ако ги има. Така што, стравувањата апсолутно се неоправдани"
“Војната ме вовлече во политиката која никогаш не ја сакав“
Општествено политичките промени во Југославија го затекнуваат Крамариќ како многу успешен и тотално аполитичен професор на Филозофскиот факултет во Осијек. Тој самиот кавелижува дека никогаш не ја сакал политиката и постојано се трудел да држи дистанца од неа. Но, формирањето на првите политички партии во Хрватска во комбинација со растот на нестабилноста во земјата очигледно го натерале да се премисли.
македонскиот јазик и култура
Ото Фон Хабзбург го доживеа падот на комунизмот како обновување на неговата империја
Л
удилото на војната покрај многуте лоши работи за Крамариќ ќе донесе и по некоја добра или интересна. На линијата на осијечкиот фронт помеѓу многуте луѓе тој стигнува и да го запознае Ото Фон Хабзург, во тој момент последен никулец на славната царска лоза која владееше со Европа со векови. За Крамариќ тоа претставува несекојдневна случка, а особено задоволство му е што контактите со семејстовото Хамбзбург, поточно со наследниците на Ото ги одржува до ден денес. „Ото Фон Хабзбург исклучително се ангажираше во деведесетите години, и во Чешка и во Унгарија и во Хрватска. На некој начин паѓањето на комунизмот го доживуваше како своевидно возобновување на империјата што ја создадоа неговите предци. Јас лично сум против носталгијата за некое друго време, како за Австроунгарија, така и за Југославија, едноставно мислам дека треба да се гледа напред. Но, сфаќањата на Хабзбург за обединета Европа каде луѓето и идеите ќе се движат со брзина и слобода на ветровите е многу блиска до моите погледи на светот“
"Колку и да си неутрален и против политиката, кога ќе дојдат такви нестабилни моменти одговорен човек добива потреба нешто да направи. Не можев да си го допуштам луксузот да се однесувам аутсајдерски, што инаку е моја омилена позиција, односно, да бидам управител на теориската празнина. За релативно кусо
www.kapital.mk
Капитал број 804 27.03.2015
64
Tete-a-tete
Проблемот на Југославија беше многу малата културна соработка помеѓу различните народи и различните региони време по моето политичко активирање на листата на либералите бев избран за градоначалник на Осијек во 1990 година. Знаев дека состојбата е лоша, но не верував дека меѓународниот фактор ќе дозволи војна во самото срце на Европа" Реалноста на најлош можен начин го демантирала Крамариќ. Осијек во наредните неколку месеци ќе се најде на линијата на фронтот како најголема урбана средина во Хрватска која е зафатена од конфликтот. "Дојдоа тогаш навистина тешки времиња. Во период од цели година дена градот беше под постојани напади. Јас секое утро држев прес конференции на кои известував за штетите и жртвите. Секојдневен просек беше да известам за барем пет мртви и уште толку повредени, за на крај да пребројам трагична бројка од 1500 загинати " Крамариќ, иако себеси не се смета за исклучително храбар човек, вели дека во тие моменти добил некоја внатрешна сила и одлучност, која му помогнала и нему и на целиот град. "Јас сфатив дека мојата професорска улога во градоначалничката функција е да ги смирам работите. Одбив на хистеријата да возвраќам со хистерија и на лудилото со уште поголемо лудило. Бев искрен и им кажав на граѓаните дека јас друго искуство освен литературното немам, но и ги потсетив дека во литературата е запишано буквално сè. На крајот, задоволен сум што успеав да ги убедам граѓаните и од хрватска и од српска националност, дека во градот функционираат институции кои се тука да им служат и да ги заштитат. Така избегнавме поголемо крвопролевање и катастрофа"
Мојата улога во војната беше да ги смирувам страстите и мислам дека тоа го направив добро
Во политиката и дипломатијата не треба да се бара влакно во јајцето
“Одржувам 37 годишен успешен студенски брак“ Златко Крамариќ приватно вели дека е многу едноставен човек чија што животна приказна и не се вклопува баш многу во некакви високи дипломатски стандарди. Се сеќава дека раното детство го поминал во преубавото Загорје кај неговата баба Ангелина, за на шест годишна возраст да се врати во родниот Осијек и да го започне образованието. Чест му е што завршил во истата гимназија од каде излегле дури двајца нобеловци, познатите Хрвати кои едно време од својот живот го поминале и во Осијек: Лавослав Ружичка и Владимир Прелог. Судбината ќе сака својата работна кариера да ја почне токму како професор во истата таа гимназија. Но, животот на факултет ќе му донесе и многу други позитивни изненадувања. „Со сопругата Алемка која денес е професор по хрватски и руски јазик се сакавме уште од факултет. Таа љубов пред време или можеби на време резултира со нашето дете Еуген кое се роди уште додека бевме на студии. Овој настан ме предизвика да се трудам што побрзо да напредувам низ кариерата, секако, за полесно да го издржувам семејството.“ Денеска синот Еуген има 36 години и е вработен во хрватската индустрија за нафта Кроско, а сопругата Алемка и Златко сега живеат во Скопје од кое што се многу задоволни и наоѓаат интересни начини да го пополнат слободното време. „Иначе јас сум заколнат невозач и антипушач. Затоа сум голем шетач. Избрав претежно неатрактивен дел од градот. Живеам во Влае затоа што е блиску до реката Вардар и секој ден пешачам до Александар Палас. Сите калории кои ќе ги изгубам таму, со сладолед и кафе ги враќам назад, хаха. Имам голем број пријатели во Македонија и со нив често одам да гледам ракомет на македонски екипи. Веројатно сум еден од најголемите навивачи на вашиот ракомет“, вели Крамариќ.
Нобеловци: Амбасадорот и двајцата хрватски но
www.kapital.mk
Капитал број 804 27.03.2015
65
Прием кај Јакуп Красничи - поранешен претседател на Косово
Со министерката за култура
Елизабета Канческа Милеска
Со пратеникот Антонио Милошески
На секоја земја и се потребни државници кои гледаат далеку
Како искусен дипломат кој потекнува од земја, сега веќе членка на ЕУ, побаравме од Крамариќ да ги проанализира и состојбите во Македонија и да ни даде негов осврт за проблемот што го имаме со Грција. Тој како пример или ни го посочи хрватскословенечкиот спор околу Пиранскот залив. "Разрешувањето на спорот ни покажа едно нешто: Дека политичките прашања треба да се гледаат од една лежерна перспектива која произлегува од секојдневните потреби и живот. Бидејќи, ако сакаме да бараме влакно во секое јајце, тогаш може и од помали проблеми да направиме непремостливи пречки. Затоа политичарите треба да бидат визоонери. Абрахам Линколн веруваше во нешто, кое дури и загина, а тоа се оствари дури после сто години. Тоа е државнички потез наместо дневно политичките на неговите конкуренти. Тоа треба да го следат сите политичари на Балканот" Следствено на ова Крамариќ смета дека спорот помеѓу Македонија и Грција не е толку страшен како што изгледа и дека е сепак надминлив. "Самиот факт дека Грците се во редот на најбројните инвеститори во Македонија, а македонците меѓу најбројните туристи во Грција, сам по себе многу кажува. Влезот во ЕУ е можен и потребен. Денеска тие интеграции не се само политичка туку и
на едно од дипломатските дружења
Со Стипе Месиќ во воените денови
“Тајната на дипломатијата е во разбирањето“ „Немам против луѓето кои размислуваат различно од мене. Но, имам против луѓе кои за самото размислувањето имаат ограничено сфаќање. Значи вие може да размислувате различно, но тоа не ви дава за право да ме ограничувате мене во слободата на размислувањата“, вака Крамариќ на филозофски начин ги објаснува неговите сфаќања на дипломатијата. Тој е голем поборник на тезата дека за сè може да се најде решение и за се да има договор само ако тоа се сака од двете страни. „Кај нас во Осијек воената состојба траеше цели осум години. Само од мојот град загинаа 1500 луѓе, за на крај повторно да седнеме на маса и да ги договориме границите кои ги воспоставил АВНОЈ во 1943. Кога ќе го преживееш сето тоа сфаќаш колку војните се бесмислени “ Крамариќ врз основа на своето искуство ги советува младите дипломати дека сè се постигнува со мали чекори и ништо не може да се направи преку ноќ. „Концепти како Пинг Понг политиката на Никсон за помирување со Кина се многу ретки или невозможни. Дури и тоа што изгледа дека се направило брзо и ненадејно е подготвувано со години и децении. Затоа треба да се внимава на секојдневните потези на малите факти и на таков начин да се постигне крајната цел, а не на сила и преку ноќ“ една цивилизациска придобивка за која вреди да се потрудиме " Неговиот конкретен став за решавање на спорот околу името е следниов: "Во преговорите тежината целосно треба
обеловци учеле во иста гимназија
да се фрли на името каде што отстапките и не се толку страшни, а ќе послужат како добра основа за зачувување на идентитетот како работа околу која не треба да се преговара " nnn
www.kapital.mk
Капитал број 804 27.03.2015
66
Lifestyle
После 5 години Apple со нов производ
Светот го очекува првиот паметен часовник на Apple
П
Првиот паметен часовник Apple Watch кој треба да излезе на 24 април ќе чини од 350 па се до 17.000 долари во зависност од моделот. Тим Кук, извршниот директор на Apple смета дека ова ќе биде првиот најмодерен и најзначаен паметен часовник. Тој вели дека веќе го користи овој паметен часовник и дека не сака ниту еден ден да биде без него. За да се користи паметниот часовник е потребно да се поседува iPhone 5,6 или 6 Plus. Паметниот часовник н а Apple ќе има моморија од 8 GB, а батеријата ќе трае до 18 часови на нормална употреба, што во пракса значи дека ќе мора да се
полни секој ден. Според неодамнешното истражување на Ројтерс, речиси 40% од возрасните сопственици на iPhone сакаат да поседуваат паметен Apple часовник. Паметниот часовник на Apple е прв нов производ на компанијата во последните пет години и неговата побарувачка се следи многу внимателно од страна на конкурентите и инвеститорите во целиот свет. Иако Apple не е прв кој нуди паметни часовници на пазарот, се очекува паметниот Apple часовник да донесе големо унапредување во индустријата за паметни часовници и носиви гаџети. Овој уред кој беше неодамна најавен веќе има голема популарност кај оние кој веќе користат iPhone уреди, а се очекува најголема продажба да има на пазарите во САД и Кина. Првите земји во кои ќе биде достапен паметниот часовник на Apple ќе бидат Австралија, САД, Канада, Велика Британија, Хонг Конг, Кина, Франција, Германија и Јапонија. Најскапата варианта на паметниот часовник на Apple со 18 каратна позлата ќе чини 17.000 долари. nnn
КУК: Не се одвојувам ниту еден ден од apple watch
Здравата страна на слатките задоволства!