Семејните бизниси во Македонија Најголеми предности и ризици! Македонија по Гошинце Ако е тероризам, уникатен е. Ако не е, што е?!
број 809 | цена 100 ден. | 30 април, 2015 | петок | година 16
Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...
www.kapital.mk
Cover story
www.kapital.mk
interview
Штефан Петер претседател на Управниот одбор на ЕВН
Перцепцијата на потрошен KWh го подобрува планирањето на потрошувачката специјален прилог - странски инвестиции КАПИТАЛ АНАЛИЗИРА:
ЕФЕКТИТЕ ОД СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ - ШТО ОЧЕКУВАМЕ, А ШТО ДОБИВАМЕ?
ВЕЛЕ САМАК министер за привлекување на странски инвестиции:
НАД 10.000 НОВИ РАБОТНИ МЕСТА СЕ РЕЗУЛТАТ САМО НА МОЈАТА РАБОТА
МАСТЕРПЛАНОТ
ЗА ИНВЕСТИЦИИ ГЛАВЕНПРИОРИТЕТ НА ЕВН МАКЕДОНИЈА
специјален прилог Странски инвестиции Ефектите од странските инвеститори Што очекуваме, а што добиваме?
Аларм: Пензискиот фонд нема да издржи нови 20.000 пензионери?!
Здравата страна на слатките задоволства!
4
Капитал број 809 30.04.2015
содржина 07 навигатор 12 cover story
Семејните бизниси во Македонија Најголеми предности и ризици!.
18 Интервју
Штефан Петер
претседател на Управниот одбор на ЕВН
Развој на енергетскиот систем во служба на корисниците
22 специјален прилог сите странски инвестиции
n Ефектите од странските инвеститори Што очекуваме, а што добиваме? n Мастерпланот за инвестиции главен приоритет на ЕВН Македонија
22
34 Капитал анализа Што ќе донесе владиниот предлог за докупување стаж до пензија Пензискиот фонд нема да издржи нови 20.000 пензионери!
38 Интервју
Ненад Атанасов
генерален менаџер на Нени Компани
20 години од брендот Пјер Карден во Македонија Успешно го дефинираме профилот на македонскиот потрошувач
40
политика
Што следи после Гошинце Ако е тероризам, уникатен е. Ако не е, што е?!
44 репортажа
Ново Село - штип Феноменот на Новосело родното место на многу амбициозни и успешни луѓе
40 Семејни бизниси
Зборувавме со неколку успешни македонски компании кои што се во семејна сопственост, за тоа кои се предностите и можните ризици од тоа да си семеен бизнис. Во некои од нив веќе е извршена и транзиција од првата кон втората генерација на сопственици и менаџери, па ги споделија своите искуства околу тоа каков предизвик е т.н. succession plan. XXСтр. 12
Нови пензионери
Ќе издржи ли касата на Фондот за пензиско осигурување наплив од нови 20.000 пензионери што се очекува да си го докупат стажот што им фали до пензионирање?! Експертите коментираат дека оваа владина мерка уште повеќе ќе ја отежни финансиската состојба на пензискиот фонд. Пресметките покажуваат дека годишниот трошок за пензии доколку сите 20.000 луѓе ја искористат оваа шанса и станат пензионери ќе изнесува околу 48 милиони евра. XXСтр. 34
СДИ: Eфектите ќе бea поголеми ако инвестициите беа фок
Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје l Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, ка Основач и директор: Љупчо Зиков l Одговорен уредник: Биљана Здравковска Стојчевска l Печати: Графички центар Скопје, ул. Скупи бб, 1000 Скопје l Тираж: 3.000 примероци l Датум на печатење:
5
Бизнис 48 Балкан и Политика
48
Ципрас ги вади на површина досиејата кои претходната власт ги чуваше под тепих Богати грчки бизнисмени и политичари ќе се апсат за неплаќање даноци
бизнис 52 Свет и политика
38
Од рибарско гратче до светски бизнис центар Еве како Дубаи го направи тоа
56 CEO profile
Кристијан Клаусен Nordea Bank
Клиентите се над се
Апсења во Грција
Четири години откако грчките власти во свои раце ја имаат листата со имињата на грчки граѓани кои имаат тајни сметки во Швајцарија дадена од директорот на ММФ, Кристин Лагард, уште позната под името “листата на Лагард“, посериозна истрага не е спроведена. Меѓутоа, последните апсења и истраги од страна на властите, упатуваат на тоа дека новата политичка гарнитура е решена да го извади на површина, она што со години неговите претходници го чувале под тепих.
56
XXСтр. 48
Загрозена безбедност?
Тоа што, за среќа, нападот во Гошинце заврши без убиства, па, дури и не беше запалена караулата од напаѓачите, не оди во прилог на квалификацијата на МВР дека „државните институции беа цел на терористички напад“ и ги зачудува безбедносните експерти, а и јавноста добро знае како се потпишуваат терористите на своите недела. Но, добро би било ова да се покаже како најнаивен дел од прашањето што се случи во Гошинце?! XXСтр. 40
кусирани на индустрии за кои имаме соодветни ресурси
ат 6, стан бр.31 l П. ФАХ 503, 1000 Скопје 29.04.2015
5та Регионална конференција
18-19 јуни 2015 Скопје - Македонија
l Со спојувања и преземања до посилни регионални компании l Како до иновативна туристичка понуда l Стартап сцена во ЈИЕ: будење на претприемачите и како државата може да помогне l Потенцијали на обновливата енергија на Балканот: искуства и перспективи l Турција: прилики за повеќе инвестиции и трговија
OSLOBO\ENJE BH NEZAVISNI DNEVNIK • Sarajevo • www.oslobodjenje.ba
Cijena: 1 KM/6 KN
16. strana
PETAK, 4. 7. 2008.
5. strana
Godina LXV • Broj 22.085
43. strana
8 специјален прилог - Банките и бизнисот
мај 2015
l За што се
задолжуваат граѓаните стан, автомобил, годишен одмор...?
l Какви кредити нудат банките, а што бараат компаниите?
Банките го одмрзнаа кредитирањето.
Кои компании ќе можат да добијат кредит? l Платежни картички Со која картичка добивате најмногу?
Повеќе информации во врска со прилогот и за претставување во истиот можете да добиете на е-мail: marketing@kapital.mk l gordana.mihajlovska@kapital.mk l sanja.savovska@kapital.mk или на телефонскиот број ++ 389 3 298 111
Лицe за контакт:
ГОРДАНА МИХАЈЛОВСКА Сања Савовска
www.kapital.mk
Капитал број 809 30.04.2015
8
НАВИГАТОР
график на неделата...
Пазарна вредност (млрд $)
46
Извор: Fortune.com
41,2
Xiaomi
Uber
15
13
10,6
Palantir
Airbnb
Flipkart
Највредни стартапи на светот
ortune направи листа на технолошки стартапи што достигнале најголема проценета пазарна вредност во првите три месеци годинава. Сензацијата од Кина, Xiaomi, кој што Fнаправи бум со своите смартфони ја предводи листата, со проценета вредност од 46 милијарди долари.
3 факти за...
12,6% 15,4% 1,8%
се намалени платите во индустријата за производство на пијалоци во првите два месеци годинава се зголемени платите во производството на тутунски производи во првите два месеци годинава е поголема просечната нето плата во февруари во споредба со истиот месец лани
> БРОЈКА
Три јавни претпријатија должат 12,7 милиони
124
милиони евра изнесува бруто полисираната премија која во текот на изминатата година ја оствариле македонските осигурителни компании.
Долгот на Македонски месеци зголемен за 1,2
светот низ медиумите... The Wall Street Journal Американскиот претседател Барак Обама немирите во Балтимор ги оцени како дел од многу поголема криза која тешко се контролира, а нејзиниот рок на траење постојано се зголемува. Останува да видиме како сојузните власти ќе го решат овој навистина горчлив проблем. lll
The Economist
Лондонскиот економски магазин репортажно ја отсликува судбината на емигрантите кои секојдневно ги губат животите за некако да стигнат до подобриот живот на европскиот континент. Според нив односот на европските власти кон овие луѓе е морален и политички срам. lll
South China Morning Post
Азиските медиуми со денови се занимаваат со катастрофалните последици од земјотресот во Непал. Според нив иако е ветена огромна помош од целиот свет, брзината на нејзината достава можеби ќе е клучен фактор за спас на илјадници животи. lll
The Jerusalim Post Израел и дозволува на дијаспората да гласа. Со оглед на фактот дека станува збор за држава со огромен процент население надвор од нејзините граници, според политичарите ова е историски момент за обединување на нацијата распрскана насекаде низ светот. lll
Н
Над 3.500 фирми и граѓани и должат на државата по основ на даноци и неплатени давачки околу 200 милиони евра. На последната листа на најголеми должници која ја објавува Управата за јавни приходи (УЈП) се наоѓаат ресторани,
Бројка:
85
милиони евра е долгот на 10-те најголеми должници на држава
градежни претпријатија, адвокати, продукциски куќи, но и обични граѓани. Меѓу 10-те најголеми должници се наоѓаат и две јавни претпријатијаМакедонија пат која е петти најголем должник со долг кон државата од 6,1 милион евра и Македонски шуми, која е шести најголем должник со вкупен долг од 5,1 милион евра.
www.kapital.mk
Капитал број 809 30.04.2015
9
проценки... > БРОЈКА
Зоран Заев лидер на СДСМ
"Во мај ќе има досега невиден протест"
В
9,2%
о мај ќе има голем, досега невиден протест на граѓаните на Македонија. Гневот ќе се разлие по улиците на главниот град, но тоа нема да биде обичен протест, да дојдеме да кажеме што имаме и да си одиме. Овој пат нема да си одиме додека оваа власт не си замине“
и евра на државата
и шуми за шест милиони евра Долгот на јавното претпријатие кон државата по основ на неплатен ДДВ во март годинава достигна 5,1 милион евра, што е зголемување за 1,25 милион евра или за цели 30%. Ако на ова се додадат и долговите на Македонија пат и МРТВ излегува дека само овие 3 јавни претпријатија должат 12,7 милиони евра. Вкупниот долг кој државата го побарува од над 3.500 фирми и граѓани достигнува 200 милиони евра. Македонската радио-телевизија е следен најголем должник од јавните претпријатија, која со долг од 1,5 милиони евра се најде на 18 место на најголеми должници. Ако се погледне за што најмногу должат јавните претпријатија може да се види дека најголемиот долг на Македонија Пат е за неплатен ДДВ и помал дел за данок на добивка. Целиот долг пак на Македонски Шуми е по основ на неплатен ДДВ, а споредбата со претходните листи на должници на УЈП покажува дека тој за само шест месеци е зголемен за 1,25 милиони евра. Кај МРТВ, пак, поголем дел од долгот е за неплатен данок на добивка, а помал дел за неплатен ДДВ. На листата на должници сепак предничат претпријатијата – вкупно 2.608 правни лица должат 180,7 милиони евра данок. На првите три места како најголеми должници се наоѓаат Ел дон Кастило Ангел, Мотор Коач индустри и Индустрија Ел Азтека, кои вкупно должат 55 милиони евра кон државата по основ на неплатен ДДВ. Долгот на 10-те најголеми должници на државата, пак, изнесува 85 милиони евра. nnn
изнесува кредитниот раст во третиот месец од годинава според последните податоци на НБРМ
ВЕСТИ...
Германските инвеститори бараат политичка стабилност за добро водење бизнис
В
ладата да се погрижи за политичка и економска стабилност и со тоа да им се овозможи на инвеститорите правна сигурност, истакнаа германските бизнисмени кои што во анкета ги сумираа своите впечатоци од работењето во Македонија. „Треба да се подобри платежната дисциплина, а административните постапки како и постапките за јавни набавки да бидат потранспарентни и поефикасни“, изјави директорот на Македонскогерманската стопанска комора, Мартин Кнап. Според резучтатите од анкетата, сегашната економска состојба во Македонија како добра ја оценуваат 21% од компаниите, како задоволителна 41%, а 38% како лоша. Претседателот на Македонско-
германското стопанско здружение, Михаел Дикамп, посочи дека е задоволен од продуктивноста и образованието на македонската работна сила и додаде дека повторно би се одлучил да инвестира во земјава. „Во изминатиот период многу германски компании се одлучија да инвестираат во Македонија, а во следниот период очекуваме уште поголем интерес. Од анкетата произлегува дека инвестициите и градењето на деловните врски зависат од подобрување на рамковните услови“, рече Дикамп. И покрај забелешките за бизнис климата, анкетата покажа дека 80% од германските компании би инвестирале повторно во Македонија.
Македонија логистички центар за побрз железнички транспорт кон Европа
Б
рз железнички и патен транспорт од Грција преку Македонија до Централна Европа, беше темата на заедничкиот состанок помеѓу претставниците на железнички компании од региoнот и кинеската компанија „Коско“. Учесниците разговараа за тоа кои се логистичките решенија и како нашата земја да стане стратешко место – каде стоките од Блискиот Исток, преку пристаништата во Солун и Пиреа ќе транзитираат низ Македонија и ќе завршуваат на европскиот пазар..
Според директорот на Македонски Железнички Транспорт, Никола Костов,ова претставува момент што треба да се искористи и Македонија да стане логистички центар имајќи ја стратешката позиција и европската позиција. Заедничкиот заклучок помеѓу учесниците е дека со развој и создавање на железнички собирен пункт на стратешко место во Македонија, ќе се забрза транспортот на стоките и ќе се зголеми конкурентноста на компаниите и економиите од регионот.
www.kapital.mk
Капитал број 809 30.04.2015
10 НАВИГАТОР
ИЗЈАВА НА неделата
Европа бара за два месеци да почне либерализација на паз
> БРОЈКА Сите сме сведоци на се поголема изолација на Македонија од меѓународната заедница
72,5% е учеството на брутодомашното производство на електрична енергија во брутодомашната потрошувачка на електрична енергија
Јанез Копач
директор на Секретаријатот на Европската енергетска заедница
О
длуката на Македонија да се одложи целосното отворање на пазарот на електрична енергија, ги потенцира другите проблеми на земјата- растечката политизација во државните институции и драматично нарушената политичка состојба. Тоа што ние го сведочиме е растечка изолација на земјата од меѓународната заедница. Бараме земјата во рок од два месеци да започне со процесот на либерализација на пазарот со
победник на неделата
Бејли беше конкретен, Алтхаузер не остави п
Се погласни барањата Џеф Безос
+
Основачот, претседателот и извршниот директор на гигантот за е-трговија, Амазон, Џеф Безос, неделава за само еден ден стана побогат за скоро пет милијарди долари. Ова откако акциите на неговата компанија на 24 април пораснаа за 14% благодарение на добрите финансиски извештаи за првото тромесечие, и на оптимистичките предвидувања на аналитичарите од Волстрит. Компанијата Амазон во првите три месеци од деловната година имала 22,7 милијарди долари приходи, или 15% повеќе од истиот период лани. Безос трие раце и гледајќи го финансискиот извештај за работењето на веб услугите на Амазон (Amazon Web Services), за кои првпат се презентирани податоци што покажуваат дека во моментов овој негов бизнис вреди околу пет милијарди долари, а има тенденција на забрзан раст. Во првиот квартал Amazon Web Services оствариле промет од 1,57 милијарди долари, што е за дури 50% повеќе од претходната година, а и профитот пораснал за 8%, на 256 милиони. Безос поседува околу 18% од Амазон, и со последниот прилив од 4,63 милијарди долари на неговото богатство, сега „тежи“ 37,36 милијарди (според најновите податоци од американскиот регистар на хартии од вредност).
O Кристине Алтхаузер амбасадор на Германија
Обопштено, но, недвосмислено во однос на правецот почна американскиот заменикпомошник државен секретар Хојт Ли, конкретно продолжи американскиот амбасадор во Македонија, Џес Бејли, а работите на чистина ги извади германската амбасадорка во земјава, Кристине Алтхаузер. Потребни се оставки. Како предуслов за да се спроведе независна и
Џес Бејли
амбасадор на САД
транспарентна истрага по скандалот со прислушувањето. Ова го порача амбасадорката обраќајќи се на трибина на Правниот факултет за предизвиците поврзани со евроинтеграцијата на земјите од регионот. И изненади со директноста со која ги пренесе своите пораки, веројатно и самата изненадена и предизвикана од досегашното искуство со способноста на политичката елита во Македонија да ги релативизира при толкувањето и сосем јасните пораки што доаѓаат од дипломатите. „Трагично е колку многу од недостатоците што ги посочи Европската унија, особено во последниот извештај за напредокот (на Македонија, н.з.), се чини дека сега се потврдија со неодамнешните настани. Нашето западно верување дека во политичкиот дијалог интересите на државата треба да надвладеат над партиската политика, се чини, е наивно во однос на
www.kapital.mk
Капитал број 809 30.04.2015
11
а зарот со струја
електрична енергија, пишува во Мислењето на Секретаријатот на Европската енергетската заедница (ЕЕЗ). Во своето мислење, Секретаријатот пишува дека аргументот на македонската влада дека либерализцијата ќе донесе поскапување на струјата, и дека со тоа постои можност од потенцијални “ценовни шокови”, дека повеќе е „аргумент наменет за заштита на ликвидноста актуелниот монопол, отколку заштита на граѓаните од “ценовните шокови”“, пишуваат од ЕЕЗ.
> БРОЈКА
мисла на неделата
7,4%
Тајната за успех е во фокусирањето. Не зборувам само за успех на професионален план, туку и за успех во секојдневниот приватен живот
e паднато индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во март 2015 година, во однос на март 2014 година
лидери
Тим Кук ЦЕО на Епл
губитник на неделата
простор за толкување:
та за оставки! политичката култура тука. Превработеноста во државните институции, често екипирани со лојални партиски следбеници наместо со компетентни административци, нееднаквиот третман на одредени поединци и институции пред судовите, што се основи на една функционална демократија, како и политичкото мешање во медиумите, особено во јавната радиодифузија, не само што доведоа до сегашната криза, туку и го претворија секој македонски граѓанин и даночен обврзник во жртва на клиентелистичко и партиско однесување на државните институции“, порача Алтхаузер. Амбасадорката отворено кажа дека ја иритира начинот на кој Владата реагира на „тешките обвинувања што произлегоа од неодамнешните настани и откритија“. Таа се повика на својот американски колега, Бејли, кога рече дека „според западноевропските стандарди, неизбежни се политички последици околу обемот и природата на наводите, а политички последици значи оставки, како предуслов да се има транспарентна и непристрасна истрага“. Само преку кредибилна истрага што ќе воспостави политичка и судска одговорност за носителите на јавни функции и политичарите, може да се сочува евроатлантската перспектива на земјата, оцени Алтхаузер. Американскиот амбасадор, Џес Бејли, недела порано порача дека во неговата земја секогаш кога имало криза на кредибилитетот на истражниот процес, таа се решавала со „смени, прераспределување на инволвираните лица каде што има конфликт на интереси, супсендирања, па дури и оставки“. Хојт Ли, пак, една седмица пред Бејли, при посетата на Скопје, истакна дека Владата треба да спроведе целосна истрага за тврдењата за незаконско работење и за наводниот криминал што произлегоа од прислушуваните разговори. nnn
Ник Вудман
Според Блумберг извршниот директор на GoPro е најплатен ЦЕО во САД со 284 милиони долари годишна заработувачка.
Кирил Трендафилов
„Близу“ се шири купи пет компании во Струмица, Кичево, Радовиш и Куманово
не им беше неделата
Андреј Жерновски
Влегување во битка која однапред се знае дека ќе биде изгубена може да го намали рејтингот на целото опозиционо движење
Јанис Варуфакис
грчката Влада го тргна од преговорите со меѓународните кредитори, а опозицијата бара негова оставка
_
Јурген Фитшен Во Минхен започна еден од најскандалозните судски процеси во историјата на германската економија, против неколкуте актуелни и поранешни раководители на гигантот Дојче Банк. Во обвинителната клупа ќе седнат акутелниот коизвршен директор на банката, Јурген Фитшен, како и неговите претходници, Јозев Акерман и Ролф Бројер, како и двајца поранешни членови на Одборот на директори на банката. Тие се обвинети за лажно сведочење во случајот банкртот на медиумската империја „Кирх“. Ова претставува сериозен удар за Дојче Банк, бидејќи Фитшен, кој неколку години е на чело на германскиот банкарски гигант, ја намали добивката за 50% поради казни. Деловните резултати, Дојче Банк ги објави неколку дена откако американските и британските регулатори ја казнија со рекордни 2,5 милијарди долари поради манипулации со каматните стапки Либор и Еурибор. Исто така, аналитичарите проценуваат дека од 2012 година, банката платила вкупно 9 милијарди евра за казни и спогодби во судски постапки поради непрописно работење. Проценките на експертите се дека од истите причини, Дојче Банк оваа година би можела да плати казни во висина од 4 милијарди евра.
www.kapital.mk
Капитал број 809 30.04.2015
12
COVER STORY -Семејни бизниси
Семејните бизниси во Македонија
Најголеми предности и ризици! Зборувавме со неколку успешни македонски компании кои што се во семејна сопственост, за тоа кои се предностите и можните ризици од тоа да си семеен бизнис. Во некои од нив веќе е извршена и транзиција од првата кон втората генерација на сопственици и менаџери, па ги споделија своите искуства околу тоа каков предизвик е т.н. succession plan, односно планот за наследување на управувачките функции, носењето стратегија за развој и останатите клучни аспекти на бизнисот.
С пишува:
Игор Петровски
igor.petrovski@kapital.mk
Семејните компании сочинуваат околу 90% од светскиот бизнис. Голем дел од нив се мали “колонијалчиња“. Но, има доста компании кои што владеат со светскиот бизнис во разни индустрии, фирми контролирани од моќни семејства, како што е трговскиот синџир Walmart од САД, Volkswagen од Германија во автомобилската
индустрија, корејскиот Samsung во областа на електрониката, итн. Како што пишува лондонски The Economist во својот специјален прилог посветен на семејните бизниси, самото дефинирање на тоа што е семејна компанија, особено во делот на светските индустриски гиганти, може да е скокотлива работа. Ако го ограничите изборот на компании што се и поседувани и управувани од членови на семејство, ќе добиете многу малку на број. Ако, пак ги вклучите фирмите што се управувани од основачите, ќе ги добиете технолошките гиганти Google или Facebook, кои што ретко кој би ги гледал како семејни фирми. Угледната американска консултантска куќа Boston Consulting Group (BCG) направи разумна дефиниција за семеен бизнис составена од два елементи: семејство мора да поседува мнозински дел од компанијата и да може да влијае врз носење важни одлуки, особено на избор на директор или претседател; и мора да имало транзиција од една на друга генерација до сега, или пак, во случај ако сопственик е основачот на фирмата, да постои план за таква транзиција. Според таа дефиниција, BCG пресметала дека семејните бизниси
www.kapital.mk
Капитал број 809 30.04.2015
13 60
Семејни бизниси како % од најголемите компании
20
32%
30
40%
45%
40
52%
50
55%
Извор: The Economist
10 0
Индија
Југоисточна Азија
Бразил
Германија и Франција
САД
Добри страни на семејниот бизнис XX Едноставнаструктуранауправување,најчестородител/ синови и ќерки, што подразбира брзо и флексибилно носење одлуки, адаптирање на пазарот и промените XX Големо ниво на доверба, најчесто нема потреба од поголеми контроли бидејќи се работи за луѓе од доверба што се вклучени во бизнисот XX Силна експертиза и долгогодишно искуство во доменот во кој што работат
Можни слабости на семејните бизниси бројки
90% 30%
од сите компании во светот се семејни
од семејните бизниси во светот доживуваат прва смена на генерациите
XX Често се јавува проблем со наследник на бизнисот (децата, бидејќи пораснале во окружување при што имале можност да се школуваат во странство и сл., имаат поинакви животни планови и очекувања од она што родителите, основачи на бизнисот, го замислиле за нив, па може и да не сакаат да се нафатат да го водат семејниот бизнис XX Недостаток на стручност во финансиското одлучување. Семејните бизнисмени не секогаш имаат доволно образование во делот на финансии, планирање, менаџирање со луѓе и процеси и сл. XX Неадекватно распределување на инвестициите. Понекогаш преовладуваат семејните инвестиции (куќа, викендичка, автомобил) пред бизнис инвестициите, што може да се одрази врз развојот на фирмата.
www.kapital.mk
Капитал број 809 30.04.2015
14
COVER STORY -Семејни бизниси
Т Искра Ветаџокоска – Муцунска менаџер и ко-сопственик на Виталиа, Скопје
оп менаџментот на Виталиа е во семејни раце каде интуицијата, одлучноста и визионерството се круцијални за одржлив развој на компанијата. Но, успешноста се темели и на одличниот тим на амбициозни и храбри вработени кои сонуваат исти сон, а тоа е создавање на здрави генерации преку креирање на врвни здрави продукти. За нив создаваме удобни работни места, позитивна работна атмосфера и високо ниво на компаниска култура.
претставуваат 33% од американските компании и 40% од фирмите во Германија и Франција со приход поголем од една милијарда долари годишно. Во Азија и Бразил тој процент е уште поголем (види график).
Семејните фирми станаа сериозни играчи во Македонија
Во Македонија, која што има околу 70 илјади активни фирми, само околу 500 се акционерски друштва, што значи дека останатите се д.о.о.е.л – и. д.о.о-а, итн., од кои што најголемиот дел се всушност семејни компании. Овие компании може да се набљудуваат условно и според методологијата на BCG што ја спомнавме погоре во текстот, затоа што се тоа претежно микро и мали компании, каде што најчесто работат 1-2 членови од семејството, па логично е дека мнозинскиот удел и моќта на управување е концентрирана во нивни раце. Кај добар дел од нив веќе е извршена и смена на генерациите, со оглед дека се фирми формирани во раните 90-ти, кога почна масовната приватна иницијатива во Македонија со транзицијата на општествениот систем. Некои од овие компании се развија и пораснаа до рангот на средни, па и големи компании, според официјалната класификација, правејќи годишни приходи од неколку десетици
В Ванчо Чифлиганец генерален директор и сопственик на Адора инженеринг, Скопје
милиони евра. Проф.д-р Ванчо Чифлиганец, генерален директор и сопственик на градежната фирма Адора инженеринг, која е меѓу 50та најпрофитабилни фирми во Македонија, вели дека клучен критериум при изборот на кадри во компанијата и нивното напредување е стручноста и посветеноста кон работата. “Точно е дека јас сум основач, сопственик и главен менаџер на оваа компанија, а мојата ќерка Драгана Чифлиганец е извршен директор на фирмата, но ние имаме уште 250 вработени кои што учествуваат во развојот и успехот на оваа фирма. Ангажирањето, унапредувањето и поставувањето на високите менаџерски функции исклучиво зависи од стручноста, компетентноста, едуцираноста, професионалноста, искуството и резултатите од работата“, вели Чифлиганец. Тој додава дека во менаџирањето со Адора инженеринг, важна улога имаат 40-тината високо образовани стручњаци, меѓу кои има тројца доктори на науки, еден магистер и седум магистранти и има повеќе професионални менаџери кои извршуваат значајни и одговорни функции, раководат со градилиштата, го менаџираат техничкиот и инженерскиот дел од работата, го водат проектантското биро, правниот,
о менаџментот на Адора инженеринг има повеќе професионални менаџери кои извршуваат значајни и одговорни функции, раководат со градилиштата, го менаџираат техничкиот и инженерскиот дел од работата, го водат проектантското биро, правниот, комерцијалниот сектор, аналитиката, продажбата, енергетската ефикасност, комуникациите со јавноста, раководат со материјалните и човекови ресурси, преговараат, проценуваат, воведуваат нови идеи..
комерцијалниот сектор, аналитиката, продажбата, енергетската ефикасност, комуникациите со јавноста, итн. Во Виталија, производителот на здрава храна, велат дека топ менаџментот е во семејни раце, каде што “интуицијата, одлучноста и визионерството се круцијални за одржлив развој на компанијата“. “Но, успешноста се темели и на одличниот тим на амбициозни и храбри вработени за кои што создаваме удобни работни места, позитивна работна атмосфера и високо ниво на компаниска култура што ги испирираат да бидат тимски играчи, креативни и слободни во изразувањето. Праксата на Виталиа е да го гради и да го развива својот кадар до менаџерско ниво. Неколкупати во годината вработените посетуваат обуки од нивното поле на интерес во насока на подобрување на работните перформанси. Експертизата во одредени сегменти ја добиваме од искусни интернационални консултанти“, вели Искра Ветаџокоска – Муцунска, менаџер и косопственик на Виталија.
Предности и предизвици
Во Прокредит банка, која што кредитира голем број микро, мали и средни компании од земјава, велат дека погрешно е размислувањето оти семејните бизниси се само мали колонијали, салони за
Доверба: Клучната предност кај семејните бизниси
www.kapital.mk
Капитал број 809 30.04.2015
15
Д
Владо Јанкуловски
основач на млекарница Лабрадор, Охрид
оброто во нашиот семеен бизнис е што секогаш има можност за критика без на крајот да си замериме едни на други, и гледаме секој да го работи она за што е најспособен, а не да форсираме никого. За одредени позиции секако дека ангажираме и кадри надвор од семејството, и не е никаков проблем некој способен да стигне да стигне до повисока позиција.
убавина и сл. “Во Македонија постојат семејни бизниси кои што се многу успешни мали и средни бизниси. Прокредит работи со такви бизниси, кои што имаат утврдена структура, распределба на одговорноста по сегменти од бизнисот според експертизата, размислуваат за планови, стратегии, маркетинг...“, велат од Прокредит. Од нивните искуства со семејните бизниси, како дел од предностите на овој тип
В Славчо Јорданов основач на КИМ, Неготино
компании ја истакнуваат едноставната структура на управување, што подразбира брзо и флексибилно носење на одлуки, адаптирање на пазарот и промените, големо ниво на доверба, силна експертиза и долгогодишно искуство во областа во која работат, итн. “Предностите од работењето во семејна компанија сите ги знаат. Друго е да си сам свој газда, но и одговорноста е веројатно поголема, како кон семејството, така и кон
о нашата компанија сме ангажирани буквално целото семејство. И сопругата и двете ќерки, како и дел од поблиските роднини. Предноста е што имаме полна меѓусебна доверба и сите имаат голем интерес од успехот на нашиот бизнис. Понекогаш на семејните бизниси им фали пополнување на некои позиции со професионални менаџери, и ако почувствуваме таква потреба ќе ангажираме и таков човек.
иднината на компанијата и вработените“, вели Виолета Стојановска од Металпромет, производител на метални производи од Радовиш, која што заедно со својата сестра го наследиле семејниот бизнис по смртта на нивниот татко. Таа додава компанијата има ангажирано и менаџери од страна и вели дека немаат проблем да функционираат на таков начин. “Едноставно не треба газдата да се става
www.kapital.mk
Капитал број 809 30.04.2015
16
COVER STORY -Семејни бизниси
пред се и да мисли дека се знае. Има луѓе кои конкретна работа може да ја заврши многу подобро од мене. Ако се сака за сè има начин да функционира”, додава Стојановска. Токму недостатокот на експертиза во одредени области може да биде слабост во функционирањето на семејните бизниси, како што истакнуваат во Прокредит, која што има големо искуство во “снимањето“ на работата на компаниите што аплицираат кај нив за кредит, па можат да ги увидат евентуалните недостатоци. Како предизвици што можат да се испречат на патот кон успехот на семејните фирми во Прокредит ги истакнуваат и проблемите со наследниците на бизнисот, неадекватното распределување на инвестициите, итн. “Понекогаш преовладуваат семејните инвестиции – куќа, викендичка, автомобил – пред бизнис инвестициите што може да се одрази на развојот на бизнисот“, објаснуваат во Прокредит.
Семејните бизниси размислуваат на долг рок
Најдобрата работа во врска со семејните компании е нивното чувство за сопственост, вели The Economist. Тоа им помага да ги надминат најголемите дефекти на модерниот капитализам: фокусирање на краткорочни резултати и т.н. “agency problem”, односно потенцијалниот конфликт
Д
помеѓу сопствениците и менаџерите. Како што самите олгорочно планираме признаваат мнозинството да излеземе и на извршни директори на берза. Ние сега компаниите во светот што функционираме како се котирани на берза, ним партнери, но како што им е тешко да размислуваат ќе си врви времето и на долг рок затоа што ќе преземаат следните мора да се фокусираат врз генерации, мислам “бркањето на бројки“ секој дека најдобар начин да квартал, и времетраењето функционира компанијата е н а е д е н д и р е к то р с к и како акционерско друштво. мандат во големите светски Виолета Долгорочен предизвик корпорации последнава Стојановска останува и мотивацијата, деценија сè повеќе се наследник на бизнисот како на сопствениците, така намалува. Додека пак, Металпромет, Радовиш и на вработените. сопствениците на семејните бизниси своите удели во компаниите ги сметаат за американската консултантска куќа Family долгорочни инвестиции и многу внимаваат на менаџментот дури и Business Institute, само 30% од семејните ако не ја водат самите компанијата. бизниси во светот преживуваат за да Најлошата работа кај семејните компании стигнат до втората генерација, а само 12% е политиката на наследување на фун- до третата. Скромни 3% успеваат да стигнат кциите. Ова е тешко во сите типови до четврта и погоре. организации, но особено во семејните, Консултантите од McKinsey прогнозираат бидејќи вклучува биолошки, емотивен и дека до 2025 година 4.000 семејни компании, институционален момент. Семејните бизниси само во пазарите во развој, ќе достигнат што го ограничуваат изборот на наследници годишни приходи од најмалку една во менаџментот исклучиво на своите милијарда евра. Тоа значи дека семејните деца, имаат ризик да доживеат неуспех. фирми од овие земји ќе сочинуваат 40% од Богатството и моќта опиваат, принцип што најголемите светски компании до 2025, во е познат во сите култури во светот. Според споредба со 15% во 2010 година. nnn
Наследување: Еден од поголемите предизвици НОВА УСЛУГА НА ФИНАНСИСКИОТ ПАЗАР
"Ем кеш" ќе ги понуди првите брзи кредити во Македонија
Ф
инансиското друштво „Ем кеш Македонија“ (MCash) е нова небанкарска институција што на граѓаните ќе им понуди потрошувачки микро-кредити. Компанијата во минатата година ги обезбеди потребните дозволи и лиценци од Министерството за финансии и деновиве официјално почнува со работа. Повеќе информации за можностите што компанијата ги нуди ќе најдете на официјалната интернетстраница: www.mcash.mk
НАВИСТИНА БРЗИ КРЕДИТИ
Овој вид кредити за првпат се појавиле пред околу 200 години во САД, кога било исклучително тешко да се отвори банкарска сметка, а користењето кредити за физички лица било апсолутно невозможно. Брзите кредити станале алтернатива за луѓето кои работат, давајќи им можност да ги
плаќаат обврските додека да добијат плата. Во Велика Британија, пак, услугата постои веќе 100 години. Во повеќето случаи, за да се аплицира за брз кредит не е потребно да се поднесат документи за работно место, не е нужно да се најдат жиранти, гаранции и други слични формалности, кои што банките секогаш ги бараат. Доволна е само лична карта. Тоа ја прави услугата навистина лесно достапна. Токму овие предности, ја одредуваат повисоката цена на производите во споредба со банките.
ЗА КОГО СЕ НАМЕНЕТИ
Преку повеќе мали износи за кусо време, овој вид финансирање најчесто се користи за помош во личниот бизнис, во семејниот буџет, за реновирање на домот, за поправка на автомобилот и др. - Ние во „Ем кеш“ веруваме и се
придржуваме кон принципите на одговорното кредитирање. Исплаќањето е преку фиксни рати, кое што на клиентите им гарантира висок степен на контрола во плаќањето - вели Валентин Гетов, генерален директор на финансиското друштво.
„ЕМ КЕШ МАКЕДОНИЈА“
„Ем кеш“ е дел од меѓународната небанкарска финансиска група Easy Asset Management што има 10-годишно искуство во Бугарија, Романија, Полска, Украина и Чешка. Со 250 канцеларии и над 5.000 вработени, компанијата досега одобри над еден милион кредити на повеќе од 500.000 клиенти. Првично, финансиското друштво ќе ги понуди своите кредити на интернет, а подоцна и преку партнери. „Ем кеш“ планира во Македонија да инвестира над три милиони евра во следните две години.
Капитал број 809 30.04.2015
18
www.kapital.mk
interview
Штефан Петер претседател на Управниот одбор на ЕВН Развој на енергетскиот систем во служба на корисниците
Перцепцијата на потрошен KWh го подобрува планирањето на потрошувачката Од почетокот на годинава, Штефан Петер е новиот претседател на Управниот одбор на ЕВН. Повеќе од една деценија работи во ЕВН групацијата, а од 2007 година го раководи одделот за набавки на групацијата. Во 2012 година бил назначен за главен менаџер на Кабелплус, кабелскиот оператор кој е дел од ЕВН групацијата во Австрија. Петер има техничко образование и извршни МБА студии од Универзитетот во Виена (WU) и на Универзитетот за бизнис и економија во Минесота (UofM).
ЕВН: Енергијата и нејзината заштеда е тема од огромно з
Ј
www.kapital.mk
XX Ја преземавте лидерската позиција во ЕВН кога на македонскиот енергетски пазар се случија суштински промени. Како ја гледате позицијата на ЕВН во овој контекст? Петер: Промените се составен дел од животот. Како човек, ниту на приватен, ниту на професионален план не гледам на промените како на пречка, туку како предизвик. Сметам дека промените што се во тек во сегментот на енергетиката се дел од поширокиот економски развој и се прават со цел да донесат придобивки за целото општество. Оттука, ЕВН како една од најголемите енергетски компании, има и одговорност и обврска да помогне во овие процеси. Би сакал да нагласам дека ЕВН групацијата на повеќе пазари во Југоисточна Европа веќе има долгогодишно искуство при работење во услови какви што се сега во Македонија. Оттука, сакаме да помогнеме и да дадеме придонес преку нашето искуство во поставувањето здрави темели што ќе придонесат за дополнителен економски развој и енергетска стабилност. Но, не смееме да заборавиме дека покрај ЕВН, сите други учесници на пазарот мора да бидат подготвени и да се прилагодат кон новите правила. Тука гледам нужно подобрување. Во секој случај, ЕВН ќе продолжи со својата активна улога во овој процес, но нема да заборави на корисниците. XX Долг период работевте во енергетскиот сектор во Австрија и Бугарија. Како од ваша перспектива го оценувате енергетскиот сектор во Македонија? Петер: Основните фактори преку кои енергетиката му служи на бизнисот и општеството во 21 век се одржливост, стабилност и доверливост. Се разбира дека и цената е еден од факторите, но цените на енергенсите се одредуваат на глобално ниво и на нив само малку може да се влијае на локално ниво. Снабдување со електрична енергија значи: доверливи извори на енергија, разнолика комбинација на производство и безбеден и стабилен пренос преку мрежните оператори. Во Македонија почна да се работи на
Капитал број 809 30.04.2015
19
За да може полесно да се планира и контролира потрошената електрична енергија, многу важно е да се промени начинот на кој се гледа сметката за електрична енергија. Многу луѓе се жалат на високите сметки за струја, но малку луѓе знаат што е киловат час и колку киловат часови електрична енергија трошат просечно во месецот.
Ова ќе биде дефинитивно период на многу иновации за корисниците, а тука мислам и на домаќинствата и на фирмите. Работиме на повеќе нови услуги што на корисниците ќе им овозможат поголем избор и услуга која ќе биде прилагодена на нивните животни навики и потреби.
Употребата на струја за исполнување на овие основни греење е безбеден и удобен предуслови во енергетиката. Според мене, начин, но, исто така и Во моментов, поголемиот итно се потребни дополнителни скап. Со природниот гас, дел од конзумот се снабдува инвестиции во корисниците ќе имаат избор со електрична енергија од зголемувањето и ќе ги намалат трошоците за домашно производство, на домашното греење бидејќи гасот е поисно голем дел и се увезува. производство. платлив. За компаниите, ова Според мене, итно се потребни Ова не само што ќе донесе пониски трошоци дополнителни инвестиции во ќе придонесе за и расположливите средства зголемувањето на домашното стабилност на ќе можат да се инвестираат производство. Ова не само што снабдувањето со во други сегменти. Накратко, ќе придонесе за стабилност струја во рамки на тоа значи развој и поголема на снабдувањето со струја државата, туку и ќе ја конкурентност. Да сумирам, во рамки на државата, туку намали зависноста од сметам дека заедно со и ќе ја намали зависноста ценовната политика инвестициите во нови каод ценовната политика во во странство. пацитети за електрична странство. Но, веројатно енергија и во преносот и електричната енергија и не е најголемиот проблем во енергетиката, снабдувањето, процесот на гасификацијата имајќи предвид дека Европа постојано треба сериозно да се поддржи. работи кон создавање на обединет XX На што е ЕВН фокусиран енергетски пазар. во моментов? Во обезбедување на енергетската стабил- Петер: Корисниците се и ќе останат во ност на Македонија важно е и создавањето нашиот фокус. Сите наши активности се на можности и инфраструктура за различ- насочени кон корисниците и креирање ни енергенси. Тука пред сè мислам на на услуги што ќе ги задоволат нивните гасификацијата, која е клучна за поголема потреби. Снабдувањето со електрична енергетска диверзификација во Македонија. енергија е дејност од јавен интерес и
значење не само за Македонија, туку и во цела Европа.
www.kapital.mk
Капитал број 809 30.04.2015
20
interview
нашето работење ги допира сите граѓани и правни субјекти во Македонија. Постојано работиме на инвестиции во изградба на нова дистрибутивна инфраструктура и модернизација на постојната. За овие зафати на годишно ниво инвестираме над 20 милиони евра. Нашите инвестиции во овој сегмент се утврдени во таканаречен „Мастер план“ и ние го следиме тој план секоја година според нашите финансиски можности. Од 2006 година, кога ЕВН го презеде државното претпријатие ЕСМ, инвестиравме над 200 милиони евра. XX Според тоа, ЕВН е најголемиот директен странски инвеститор? Петер: Можеби не секоја година поединечно. Но, кумулативно, со нашите инвестиции по 9 години, се наоѓаме кон врвот. Не го гледам ЕВН како типичен странски инвеститор. Со повеќе од 800.000 домашни корисници, 2.000 вработени, 5.000 домашни добавувачи и речиси 300 милиони евра како основни средства во земјата, ЕВН Македонија повеќе ја чувствувам како дел од општеството, отколку како странска инвестиција. XX Либерализацијата на пазарот на електрична енергија во земјава е во тек, а целосно треба да заврши во 2020 година. Како ќе се одрази овој процес на позицијата на ЕВН во иднина? Петер: Либерализацијата е позитивен процес за секое пазарно општество. Не треба да заборавиме дека во Македонија постои регулирано снабдување со електрична енергија во последниве 100 години. Измените во законите се прават лесно, но мора правилно да се утврдат пазарните правила и деловните субјекти да се прилагодат кон новите правила. Нашето искуство вели дека за тоа е потребно време. Ова е веќе направено за големите компании. За помалите фирми и домаќинствата важно е да се воспостават транспарентни услови и да се направи соодветна подготовка. ЕВН придонесува кон овој процес. Инвестираме постојано во дистрибутивната мрежа, која и понатаму ќе остане во доменот на регулираниот пазар, а ќе биде важна за процесот на либерализација и создавањето на основни услови за сите идни снабдувачи што ќе нудат услуги на пазарот. Освен во сегментот на дистрибутивната инфраструктура, ЕВН Снабдување, која е исто така дел од ЕВН Групацијата, работи и подготвува производи за следната фаза од либерализацијата во Македонија. За нас, либерализацијата во енергетиката е добро познат процес и имаме и мала конкурентска предност пред другите поради нашето големо искуство во други земји. Токму затоа, ЕВН Снабдување е водечка компанија на пазарот во сегментот на квалификувани потрошувачи во Македонија.
Од 2006 досега инвестиравме над 200 милиони евра Постојано работиме на инвестиции во изградба на нова дистрибутивна инфраструктура и модернизација на постојната. За овие зафати на годишно ниво инвестираме над 20 милиони евра. Нашите инвестиции во овој сегмент се утврдени во таканаречен „Мастер план“ и ние го следиме тој план секоја година според нашите финансиски можности. Од 2006 година, кога ЕВН го презеде државното претпријатие ЕСМ, инвестиравме над 200 милиони евра. XX Кога зборувате за подготовки на пазарот пред процесот на либерализација, на што конкретно мислите? Петер: Либерализацијата не значи само слободен избор на снабдувач за потрошувачите, туку и слободен избор на производители на електрична енергија за снабдувачите. Со тоа, променливите цени од странство влегуваат во дотогаш регулираниот домашен пазар. Ова може да оди во прилог на потрошувачите, но не секогаш. Без регулирани цени, потрошувачите плаќаат по цени одредени на меѓународниот пазар, кои можат да бидат и повисоки од сегашните. Во таква ситуација, енергетската ефикасност не е само декларативна, туку суштинска за секојдневното живеење. Не би сакал да звучи
ова како некоја парола. Искуството покажа дека навиките може да се сменат со едукација и придобивките да ги почувствуваат сите. Најпластичен пример за тоа е Платформата за енергетската ефикасност на која ЕВН работи веќе неколку години. Енергијата и нејзината заштеда е тема од огромно значење не само за Македонија, туку и во цела Европа. Ние, преку нашите заложби, сакаме да придонесеме кон подигнување на стандардите кај корисниците и зголемување на примената на енергетската ефикасност во секојдневниот живот. Постигнавме одлични резултати досега. Преку 200 компании ги поминаа обуките и речиси половина од нив веќе имплементирале енергетски ефикасни технологии во своето работење. Токму затоа, заедно со Министерството за економија и Агенцијата за енергетика ќе продолжиме да се фокусираме на практични совети и концепти. Освен на совети за граѓаните, сериозно ќе се посветиме и на поголема популаризација и примена на енергетскиот менаџмент кај компаниите, за што ЕВН ќе понуди уникатна поддршка и експертиза преку свои партнерски компании. Другиот дел на кој сакаме да се фокусираме е поголема едукација за начинот на кој се гледа потрошувачката на електрична енергија. Имено, за да може полесно да се планира и контролира потрошената електрична енергија, многу важно е да се промени начинот на кој се гледа сметката за електрична енергија. Многу луѓе се жалат на високите сметки за струја, но малку луѓе знаат што е киловат час и колку киловат часови електрична енергија трошат просечно во месецот. Важно е да разберат дека со еден киловатчас се вршат одредени секојдневни активности исто како што со еден литар бензин можеш да поминеш одредена дестинација или пак со неколку мегабајти можеш да симнеш одредена содржина од интернет. На пример, ако печете месо за семејството, потрошувачката на шпоретот во одредено време достигнува еден киловатчас. Со употреба на 6-ватни ЛЕД светилки, можете лесно да пресметате колку подолго ќе можете да осветлувате отколку да сте користеле стари сијалици од 60 вати. Таквиот начин на перцепирање на потрошувачката на електричната енергија ќе помогне секој од нас да има поинаков став по ова прашање, а што е најважно, ќе помогне кон подобро разбирање, планирање и контрола на потрошувачката на електрична енергија. XX Што ќе им понудите на корисниците во овој период на транзиција? Петер: Ова ќе биде дефинитивно период на многу иновации за корисниците, а тука мислам и на домаќинствата и на фирмите. Работиме на повеќе нови услуги што на корисниците ќе им овозможат поголем избор и услуга која ќе биде прилагодена на нивните животни навики и потреби. Не би сакал однапред да откривам, но ова ќе биде дефинитивно година на иновации. nnn
Петер: Процесот на гасификацијата треба сериозно да се поддржи
ЗА ВРВНИ МАГИСТЕРСКИ СТУДИИ НЕ МОРАТЕ ДА ОДИТЕ ВО СТРАНСТВО!
СЕГА И ВО СКОПЈЕ! • Престижна МБА програма за развој на вашата кариера • Рангирана помеѓу првите 100 во светот • Со тројна меѓународна акредитација која гарантира квалитет на наставата
УПИСИТЕ СЕ ВО ТЕК! msm.uacs.edu.mk
ЗА ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ:
Универзитет Американ Колеџ Скопје Трета Македонска Бригада 60, 1000 Скопје Тел: +389 2 2463 156
Е-пошта: globalmba@uacs.edu.mk Веб: msm.uacs.edu.mk
ПОКАНА На 11 јуни 2015 година (четврток) во просториите на НБРМ, на 8. кат, со почеток во 14 часот, ќе се одржи 17. сесија на Клубот на истражувачите. Доколку сакате да го презентирате Вашиот работен материјал на оваа сесија на Клубот на истражувачите, Ве молиме да нè известите најдоцна до 28 мај 2015 година (четврток). Се надеваме дека ќе предизвикаме интерес кај Вас и кај Вашите колеги за учество на Клубот на истражувачите. Ве молиме да го потврдите Вашето присуство на оваа сесија на Клубот на истражувачите најдоцна до 8 јуни (понеделник) 2015 година на тел. +389 3 298 111; електронска пошта: marketing@kapital.mk Напоменуваме дека зачленувањето во Клубот е од отворен карактер, за што подетаљни информации можете да видите на следнава врска: www.nbrm.mk/Клуб на истражувачи.
www.kapital.mk
Капитал број 809 30.04.2015
34
Компании и пазари
400 380 360
343
340 320 300 280
260 240
ТРАНСФЕРИ ОД ДРЖАВНИОТ БУЏЕТ ДО ПИОМ (ВО МИЛИОНИ ЕВРА)
228
231
200 2009
2010
220
255
2011
285
740
милиони евра се предвидени за исплата на пензиите годинава (без овие 20.000 нови пензионери), а дури половина од сумата ја обезбедува Владата од државниот буџет
2012
2013
Што ќе донесе владиниот предлог за докупување с
Пензискиот фо нема да издржи н 20.000 пензионер
Ќе издржи ли касата на Фондот за пензиско осигурување наплив од нови 20.000 пензи си го докупат стажот што им фали до пензионирање?! Експертите коментираат дека ов повеќе ќе ја отежни финансиската состојба на пензискиот фонд бидејќи приходите од осигурување покриваат само половина од сумата за пензии, а останатата половина државниот буџет. Пресметките покажуваат дека доколку сите 20.000 граѓани ја искори пензионери, годишниот трошок за пензии ќе биде зголемен за уште 48 ми
Експерти: Властите мора да го зголемат придонес
www.kapital.mk
Капитал број 809 30.04.2015
35
н пишува:
Александар Јанев
aleksandar.janev@kapital.mk
374
361
301.560 пензионери има на листата на пензискиот фонд годинава според податоците од Министерството за финансии
2014
2015
стаж до пензија
онд нови ри!?
ионери што се очекува да оваа владина мерка уште придонесите за пензиско а ја донира Владата од истат оваа шанса и станат илиони евра!
Нови 20.000 пензионери ќе ја оптоварат пензиската каса доколку граѓаните одлучат да си го докупат стажот што им фали до пензионирање. Но, ќе издржи ли пензискиот систем ваков упад во бројот на пензионери?! Од каде Фондот за пензиско осигурување ќе најде пари за да им исплаќа редовно пензии?! Ако претпоставиме дека сите 20.000 луѓе што се таргетирани со оваа владина мерка го докупат стажот и станат пензионери, под претпоставка дека ќе земаат просечна пензија од 200 евра, произлегува дека на Фондот за пензиско осигурување ќе му требаат околу 48 милиони евра годишно. Нема проценки колку пари ќе инкасира Фондот за пензиско осигурување од придонесите што ќе ги уплатат граѓаните на кои што им фали стаж, меѓутоа, аналитичарите велат трошоците за пензии што ќе се создадат се многу поголеми отколку очекуваните приходи. „Наместо да се рационализираат трошоците на пензискиот фонд кој што не може да функционира без дотации од буџетот, со оваа мерка се креираат нови трошоци. Без оглед што во прво време луѓето што ќе го докупат стажот ќе уплатат придонеси и од тој аспект ќе се генерираат приходи во пензиската каса, на долг рок трошокот за пензии ќе биде многу поголем. Креаторите на политиките мора да размислуваат како да ги зголемат приходите во пензискиот фонд бидејќи ситуацијата е финансиски неодржлива. Како што прават повеќето земји во светот, ќе мора во период од неколку години да се зголемува стапката на пензиски придонес и да се поместува старосната граница на пензионирање за да може фондот финансиски малку да се растовари“, вели поранешната директорка на Агенцијата за супервизија на капитално пензиско осигурување (МАПАС), Зорица Апостолска. Парите што ги наплатува Фондот од придонесите за пензиско осигурување покриваат само половина од сумата за пензии, а останатата половина ја донира Владата од државниот буџет. Од вкупно 740 милиони евра колку што се потребни годинава за исплата на пензиите на сите 301.560 пензионери, дури 360 милиони евра ќе дојдат како трансфер од државната каса. Загрижувачки е што оваа врска меѓу државниот буџет и пензискиот фонд со текот на годините станува поцврста и нераскинлива.
Владината мерка со која што се овозможува сите работници кои што во минатото работеле во компании кои што во моментов не постојат, по повластена стапка да си го откупат стажот влегува во собраниска процедура, а се очекува да почне да се применува за неколку недели.
Во 2009 година на пример, со трансфери од буџетот се покриваа 33,9% од трошоците на Фондот за пензиско осигурување. Економистите немаат дилеми дека зголемениот трошок за пензии повторно ќе го надомести Владата од буџетот, бидејќи бројот на вработени не се зголемува толку за да обезбеди доволно приходи од придонеси за редовна исплата на пензиите. „Ова е палијативна политичка мерка без никаква економска логика со цел да се шири популизам и да се купуваат поени кај гласачите. Со зголемување на бројот на пензионери за 20.000 се врши директен упад во пензискиот систем кој што станува се повеќе зависен од трансферите од државниот буџет. Бројот на вработени односно нови осигуреници е невозможно да се зголеми толку што ќе обезбеди приходи од кои што ќе се финансираат овие пензии, така што не се сомневам дека парите ќе дојдат од буџетот односно преку нови задолжувања. А кога се задолжувате за социјални расходи, ризикот за државата е огромен дека еден ден нема да можете да ги вратите позајмените пари“, вели поранешниот заменик директор на МАПАС, Олга Михајловска Тикварова. Таа вели дека се додека има кредитори што ќе и позајмуваат пари на државата, ќе се исплаќаат и пензиите, но опасноста ќе дојде кога јавниот долг ќе ги надмине сите црвени линии и веќе нема да може да се задолжуваме. Министерот за труд и социјала, Диме Спасов, објасни дека со оваа мерка се опфаќаат сите работници кои што во минатото работеле во компании кои што во моментов не постојат, се затвориле поради најразличен основ, стечај или ликвидација, така што граѓаните што имаат неплатени
сот за пензиско за да го спасат пензискиот фонд
www.kapital.mk
Капитал број 809 30.04.2015
36 придонеси ќе имаат можност по повластена стапка да си го откупат стажот. „Колку граѓани ќе се опфатат со оваа мерка ќе зависи од самиот интерес кој ќе го имаат граѓаните и нивната желба. Ние очекуваме да се опфатат 20.000 луѓе кои би можеле да го искористат ова право. Самите законски измени набрзо ќе влезат во законска процедува, очекуваме да стапат на сила во текот на месец мај и со самото тоа граѓаните да добијат можност да си го откупат стажот“, објасни Спасов за медиумите. Правото на докупување на стажот до пензионирање се враќа во македонските закони после 20 години. На почетокот на 1994 година, креаторите на политиките го скратија ова право со цел да се заштити пензискиот фонд од наплив на нови пензионери бидејќи и тогаш финансиската кондиција не гарантираше исплата на пензиите без проблем.
Помали придонеси, поголеми проблеми
Финансиската кондиција на пензискиот фонд почна да се влошува од 2008 година наваму откако властите одлучија да ја намалат стапката на придонес за пензиско осигурување од 21,2% од основицата, на 18% колку што е и денес. Аналитичарите велат дека намалените придонеси не обезбедија поголеми приходи од придонеси преку поттикнување на вработеноста туку креираа поголем дефицит во пензискиот фонд. Експертите објаснуваат дека постојат две решенија што може да се применат за да се подобри финансиската кондиција на пензискиот фонд, а тоа се зголемување на стапката на придонес за пензиско осигурување, или пак подигнување на старосната граница за пензионирање. Овие мерки се непопуларни за спроведување, меѓутоа, експертите се децидни дека пензискиот систем ќе мора повторно да се реформира. „Одржливоста на првиот пензиски столб, односно државниот фонд станува невозможна. Штом трансферите од државниот буџет до Фондот постојано се зголемуваат и веќе се доближуваат до 50% од трошоците за пензии, очигледно ќе мора да се применат непопуларни решенија како на пример зголемување на стапката на придонес. Нормално дека на ваквата одлука би се противел приватниот сектор, но тоа станува неизбежно решение“, вели Апостолска. Загрижувачки ревизорски извештај за финансиската кондиција на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување објави и Државниот завод за ревизија минатата година. Неповолната финансиска состојба во Фондот според ревизорите се должи на неостварените проекции за зголемување на вработеноста, како и неостварените проекции за пораст на платите. Според податоците во извештајот, загрижувачки е податокот дека дупката во буџетската каса на Фондот секоја година се повеќе се продлабочува. „На финансиското работење на Фондот влијание имаше намалување на стапката
на придонесот за пензиско и инвалидско осигурување како и неостварените макроекономски индикатори за зголемување на вработеноста и порастот на платите на вработените кои имаат директно влијание врз остварувањето на приходите од придонесите“, стои во извештајот на ревизорите. Ревизијата забележува дека од година во година се повеќе расте дупката во буџетот на Фондот, која мора да се покрива со пари од централниот буџет. Особено е за истакнување, велат ревизорите, дека висината на дефицитот во буџетската каса на Фондот има тренд на зголемување секоја година. При тоа, ревизорите предупредуваат дека постои можност и од натамошно продлабочување на дупката во буџетската каса во Фондот.
Една милијарда евра за пензии во 2030 година
Бројот на пензионери до 2030 година ќе се зголеми за уште 50.000 луѓе и ќе се искачи на околу 355.000. Трошоците за пензии од сегашните 740 милиони евра, во следните 15 години ќе надминат една милијарда евра. Просечните пензии што ќе ги земаат идните пензионери, од сегашните 80% од просечната нето-плата, ќе паднат на 58% од просечната нето-плата во 2030 година. Ова го покажува актуарскиот извештај на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување за долгорочните проекции за иднината на пензискиот систем во земјава, кој е правен врз претпоставки за идните демографски и економски движења, подготвени од релевантните институции. Основни економски претпоставки што се користат во моделот се за реалниот пораст на бруто домашниот производ, реалниот пораст на платите, стапката на невработеност, инфлацијата и слично, а бидејќи се работи за долг период, има три сценарија, оптимистички, базни и песимистички. Податоците покажуваат дека фондот тешко ќе се крпи во наредните 30 години за потоа да почне неговото растоварување со помош на вториот пензиски столб. Трошоците што ќе се финансираат од државниот буџет, според актуарскиот извештај, постепено ќе се зголемуваат, а притисокот врз државниот буџет се очекува да исчезне дури во 2045 година кога ќе созрее вториот столб со што товарот на финансирање на пензиите главно се пренесува кај приватните пензиски фондови. Во актуарскиот извештај на Фондот се земени и претпоставките за стареењето на населението. До 2030 година се очекува да расте бројот на осигурениците, а по 2030 година тој да почне да опаѓа поради демографските движења и стабилизирањето на економскиот раст. Бројот на пензионерите континуирано расте во наредните 40 години, а потоа се намалува. Соодносот меѓу осигурениците и пензионерите, од сегашните 1,84 осигуреници на 1 пензионер, долгорочно се намалува на 1,05 осигуреници на 1 пензионер. nnn
Капитал број 809 30.04.2015
38
www.kapital.mk
интервју
Ненад Атанасов Генерален менаџер на Нени Компани 20 години од брендот Пјер Карден во Македонија
УСПЕШНО ГО ДЕФИНИРАМЕ ПРОФИЛОТ НА МАКЕДОНСКИОТ ПОТРОШУВАЧ Постојаните напори и настојувања за квалитетот на производите секогаш да е на многу високо ниво, постојани вложувањa и подобрување на услугата кон своите клиенти, е основното мото на компанијата Нени Компани. Покрај брендот Пјер Карден, Нени Компани во своите бутици има и облека од други светски познати брендови и тоа Armani Jeans, LAGERFELD, JOOP! „Она што ние го продаваме преку нашите брендови е повеќе од облека, тоа е стил, статусен симбол, тоа е профил. Нашите клиенти се силни индивидуи, со префинет вкус и луѓе кои точно знаат што бараат и што сакаат.“, изјави Ненад Атанасов.
Атанасов: Нашите клиенти се луѓе кои избираат
Н www.kapital.mk
XX Нени компани е една од првите компании што ја донесоа светската мода во Македонија преку брендот Пјер Карден. Какво е значењето гледано од денешен аспект, после 20 успешни години? Како што се менуваат пазарните услови, така се менува и работата. Пред точно дваесет години, фирмата Нени компани, основана од семејството Атанасови, го отвори бутикот “Pierre Cardin”. Во тој период текстилниот пазар кај нас беше сосема поинаков и високата, стилизирана мода не беше многу позната. Некои од нас се уште се сеќаваат дека во поранешната држава, одлично беше развиена текстилната индустрија на тогаш домашни односно локални брендови. Интернационалните висококвалитетни модни брендови се уште не беа присутни, малкумина и знаеја за нив. Со целосната општествена трансформација, овие брендови почнаа да стануваат познати и за нас. Со отворањето на бутикот и со носењето на најрепрезентативниот примерок на високата деловна мода, брендот Пјер Карден, ние може да се каже дека започнавме една културолошка промена на перцепцијата и свеста за деловниот изглед, за модата и трендовите во облекувањето. Треба да имаме предвид дека тогаш, дури и начините и средствата на информирање ни беа лимитирани и информациите потешко го наоѓаа патот, за разликата од денес. Така што, со отворањето на првиот бутикот, со поставување на куклите-модели во излогот од бутикот, ние едуциравме, информиравме и ја предизвикавме таа промена. Неодамна го отворивме и вториот бутик, лоциран во Скопје Сити Мол. Гледано и тој аспект, зборот бутик и она што ние го направивме пред 20 години, добива едно сосема поинакво и пошироко значење. XX Што значи работа во круговите на високата мода за пазар каков што е македонскиот? Потребно е многу работа, многу труд, време, знаење и што уште не, да се следи динамиката на развојот на оваа индустрија. Искрено говорено, македонскиот пазар и покрај својата растечка тенденција, посебно последниве години, сепак е многу мал и скоро незначаен. Тоа, нашата работа, на сите што работиме со брендови од модната индустрија и високата мода, ја
Капитал број 809 30.04.2015
39
прави многу потешка. Треба да обезбедите услови за да биде извесен бренд донесен тука, треба да гарантирате поврат на инвестицијата и самите да влезете со своја инвестиција и ред други услови. Реномираните и светски познати брендови, најмногу се препознатливи по својот стил и имиџ што е задржан на секое парче од производите што ги продаваат, но истите ги применуваат и на себе, тоа значи дека истиот стил е присутен и во нивната појава, изгледот на бутикот – салонот, ентериерот, локацијата и сето тоа говори за статус, стил, однесување и визуелен впечаток. Ние, како Нени Компани во овие дваесет години, наидовме на бројни предизвици токму од тој аспект и верувам дека и понатаму како што ќе работиме, растеме и прошируваме, ќе мораме уште многу дополнителни ангажмани да вложиме отколку само продажба. Така што, добро би било да се знае дека ние всушност го пробиваме македонскиот пазар во оваа индустрија, го промовираме и го претставуваме македонскиот потрошувач профилиран и дефиниран. XX Го направивте брендот Пјер Карден достапен за македонските потрошувачи веќе 20 години. Како го одржуватевисокото ниво на брендот и кој е профилот на македонскиот потрошувач? Модната индустрија е полето што секојдневно се развива, метаморфозира и својот брз развој и хиперпродукција ги наметнува на сите останати полиња од општественото живеење. Влијание што модната индустрија го има врз нас и нашите животи е неспорно, пред се преку масовните медиуми. Денес, се е познато, се е видено и интересно за следните три секунди. И токму, таквото окружување, овозможува услови секој да си го изгради својот личен моден идентитет. Она што ние го продаваме преку нашите брендови е повеќе од облека, тоа е стил, статусен
т да имаат изглед што зборува
симбол, тоа е профил. Нашите клиенти се силни индивидуи, со префинет вкус и луѓе кои точно знаат што бараат и што сакаат. Луѓе кои избираат да имаат изглед што зборува. Тоа се вредностите и атрибутите на Пјер Карден, тоа е профилот на нашите клиенти. XX Како успевате да бидете успешни? Тоа што се трудиме сите овие години и за што се залагаме е максимално задоволување на потребите и желбите на нашите клиенти. Постојано правиме напори и настојуваме квалитетот на производите секогаш да е на многу високо ниво, а секако вложуваме и во постојано подобрување на услугата која што им јанудиме на нашите клиенти. Ги следиме модните саеми во Италија и во Германија, искуства што потоа ги пренесуваме во нашите модни салони. Токму тоа помага во креирање на модните трендови, создавање на еден меинстрим изглед, дефинирање на деловен или кежуал изглед. XX Со кои други компании и брендови од модната индустрија работите и можат да се најдат во вашите продажни салони, покрај светскиот познатиот Пјер Карден? Покрај брендот Пјер Карден, Нени Компани во своите бутици во Градски Трговски Центар и Скопје Сити Мол има и облека од други светски познати брендови и тоа Armani Jeans, LAGERFELD, JOOP!, EA7-Emporio Armani, Eterna, Seidensticker, Club of Comfort, а од оваа пролет/лето сезона го збогативме нашето портфолио и со модните брендови Mcneal I Antony Morato, кои се наменети за помладата популација. Како што веќе напоменав, наша главна цел е задоволување на потребите и желбите на нашите клиенти и токму затоа постојано се трудиме да внесеме новитети и во понудата од постојаните како и нови брендови. nnn
Капитал број 809 30.04.2015
40
www.kapital.mk
политика
Што следи после Гошинце
Ако е тероризам, уникатен е. Ако не е, што е?! Тоа што, за среќа, нападот во Гошинце заврши без убиства, па, дури и не беше запалена караулата од напаѓачите, не оди во прилог на квалификацијата на МВР дека „државните институции беа цел на терористички напад“ и ги зачудува безбедносните експерти, а и јавноста добро знае како се потпишуваат терористите на своите недела. Но, добро би било ова да се покаже како најнаивен дел од прашањето што се случи во Гошинце, односно, институциите недвосмислено да го решат случајот, симнувајќи ги од грижите на граѓаните барем оние безбедносните, во кои, засега, за жал, има место и за меѓусебните обвинувања на власта и на опозицијата дека се подготвени во политичката борба да посегнат и по сценарија што вклучуваат оружено насилство
Ахмети: Не е став на Владата дека напа
www.kapital.mk
З
Капитал број 809 30.04.2015
41
пишува
Максим Ристески
maksim.risteski@kapital.mk
За да тргнеме напред, како граѓани и општество треба да (под)заборавиме барем на безбедносните закани, а за тоа не треба да се повторуваат инцидентите како последниот. Поточно, за ние да заборавиме на нападот во Гошинце, безбедносните служби на државата не смеат да дозволат истиот да се расплини во заборавот на дневната политика. Двете завојувани страни во домашната политичка криза, што претходно се обвинуваа дека ќе посегнат по насилни сценарија за остварување на своите цели, и нападот во Гошинце се обидоа да го искористат за нанесување што поголема штета на противникот. Премиерот Никола Груевски изјави дека предизвиците (како случајот Гошинце) веројатно ќе продолжат, и, откако се обиде да ги успокои граѓаните уверувајќи дека институциите нема да дозволат ексалација, не пропушти да ја обвини опозицијата за неодговорна поставеност во случајот, па, дури и за спроведување сценарио слично на она што доведе до конфликтот од 2001 година. „Предизвиците на овој план веројатно ќе продолжат - ова не смее да се става во дневно политички контекст. Ги гледам кукавичките јајца снесени од опозицијата, демек, ние стоиме зад тоа, и, да ви кажам искрено, ми се гади од таа антидржавна реторика и од целиот тој ланец на настани, што не е ни чудно што многумина ги потсетува на оној од 2001“, изјави премиерот Никола Груевски, и порача дека „ова не е 2001“ и оти институциите ќе дејствуваат одлучно во рамките на своите надлежности, а од, како што ги нарече, „потпалувачите од „петтата колона“, побара „максимално одговорно да се постават во случајов, зашто ова веќе не е дневна политика, туку сериозна работа во која во прашање е државата“. СДСМ, пак, случајот го дочека шпекулирајќи со можноста инцидентот да е креиран од власта. „За инцидентот во Гошинце можни се две сценарија – или се работи за бандити или за сценарио на власта. Како и
l Дел од пронајденото оружје во Брест, кое, според МВР, напаѓачите го одзеле од караулата во Гошинце
да е, одговорност треба да понесат министрите за одбрана и за внатрешни работи, и првите луѓе на безбедносните служби“, изјави претседателот на СДСМ, Зоран Заев, кој, во меѓувреме ја омекна тезата. Во неделното интервју за Радио Слободна Европа (објавено на 26 април), Заев, откако оцени дека „меѓуетнички побезбедна Македонија никогаш порано не била, поради тоа што народот е гарант и чувар на мирот и на стабилноста“, изјави оти постојат „мешетари кои би сакале на бандитски основи да направат некоја глупост “. Во пригодата изрази и надеж дека несаканото сценарио „брзо ќе биде спречено, пред сè, од граѓаните, но, и од страна на големите професионалци во Министерство за внатрешни работи, во Армијата, на кои, пред сè и над сè, им е државата“. Од албанскиот партнер во Владата, ДУИ, повикаа на внимателност „поради можноста изворот на инцидентот во Гошинце да е во политичката криза, а не во некаква вооружена формација на Албанци“, како што за Телма оцени поранешниот министер за одбрана и актуелен пратеник, Талат Џафери. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, при посетата на Приштина (на 27.04) изјави дека квалификацијата на МВР на Македонија оти нападот е терористички чин извршен од страна на косовски државјани, не се став на Владата. „Тоа не е став на Владата на Македонија. Тоа може да биде став на еден министер или директор на некоја дирекција, но македонската Влада не седнала да анализира и да го истражува ова прашање“, рече Ахмети. И останатите изјави на помалку-повеќе релавантите фактори во ситуацијата, па, дури и на меѓународните претставници, засега не даваат појасни одговори на
прашањата што ги постави инцидентот во Гошинце - кој го изведе нападот и зошто; се работи ли за еднократна демонстрација со одредена цел или станува збор за индикатор за нешто што може да се повторува, и да стане поголемо... Во краткото соопштение од Европската унија, портпаролот Маја Коцијанчич, порача настанот во Гошинце да се реши на одговорен начин, односно, од политичките партии во земјата беше побарано да вложат напори за избегнување на зголемувањето на политичките или на меѓуетничките тензии во земјата. Загриженост изрази и официјална Москва, што главно во јавноста беше протолкувано во контекст на политичките интереси на Русија произлезени од геополитичките околности што ги наметна украинската криза. Холандскиот дипломат кој во конфликтот од 2001 година беше НАТОврската со ОНА, Питер Фејт, изјави дека по случајот во Гошинце разговарал со албанските политичари, и заклучил дека кај нив нема интерес да ја искористат оваа криза за нарушување на стабилноста. Министерот, пак, за надворешни работи, Никола Попоски, оцени дека закоченоста на македонските евроатлански интеграции ја прави земјава поизложена на безбедносни ризици. Во контекст на изјавата на Фејт, стои податокот дека во својата прва реакција по нападот во Гошинце, косовската полиција ги отфрли тврдењата дека напаѓачите на македонската полиција дошле од Kосово. И портпаролот на НАТО-силите на Косово не можеше да потврди некаква сомнителна активност ноќта кога се случи инцидентот. Градоначалникот, пак, на Општина Липково, каде што се наоѓа Гошинце, Садула Дураку, изјави дека информациите што ги добил од МВР „не му го расветлиле настанот“ што го
аѓачите на караулата се од Косово
www.kapital.mk
Капитал број 809 30.04.2015
42
политика
А
Алберт Муслиу политички аналитичар:
ко некому одговара токму сега да има вакво нешто, тоа е на тие кои се таргет на содржината на прислушуваните материјали. Зашто единствена работа што може граѓаните да ги дефокусира од она што го откриваат „бомбите“ е безбедносен проблем.
опиша како енигматичен. МВР, од својата страна, ги зачуди безбедносните експерти со некои елементи од својот пристап - од моментот на упадот во караулата, нешто по 2 часот по полноќ, до полициската блокада на патот кон селото поминале скоро 12 часа; медиумите повикувајќи се на полициски извори излегоа со имиња на можните сторители (и премиерот изјави дека „настанот во Гошинце е сериозен настан во кој учествувала група учесници, чиј идентитет веќе е познат на нашите институции“), кои, пак, се слободни, и негираат каква и да е поврзаност; ако МВР има барем некои од имињата, зошто сè уште нема кривична пријава? ... Куриозитет на случајот е што невообичаено доцна (безмалку една недела по настанот) одговорноста ја презема Мирсад Ндрецај, познат од конфликтот во 2001 по прекарот комендант НАТО. Ндрецај на Фајсбук напиша дека тој, заедно со уште неколку поранешни припадници на ОВК, ја нападнале полициската станица во Гошинце. „Додека политичкото раководство на чело со Али Ахмети води борба за своите лични интереси, ние, поранешните претпоставени во ОВК, никогаш не се согласивме со Охридскиот договор, кој никогаш не се реализираше до крај“, постуваше Ндрецај. Министерката Гордана Јанкулоска потврди дека и тој е меѓу осомничените, во денот кога МВР го објави резултатот од претходната акција во рамки на случајот Гошинце. Во куќа на осомничениот Сулејман Османи (во бегство), во село Брест, најдено е дел
Т Владимир Пивоваров професор по безбедност:
реба да се почека, времето да покаже, дали се работи за она што се шпекулира, дека настанот има за цел одвлекување внимание од политичката криза, од она што го објавува опозицијата. Ако е, сепак, терористички акт, тој е атипичен, прв во историјата, само за да се прати порака која е недоволно јасна. Терористите во 2001 година прво создаваа база, поддршка кај локалното население.
од оружјето кое напаѓачите го одзеле од караулата во Гошинце, заедно со униформи со ознаките на УЧК. Според експеритите необична е и „мирољубивоста“ на напаѓачите, кои откако врзале тројца од полицајците во караулата, четвртиот го оставиле слободен, за да може подоцна да ги одврзе. Ова, во контекст и на тоа што напаѓачите не направиле друга штета освен одземањето на оружјето од караулата, дел од експертите го сметаат за кражба, или ако веќе се инсистира да се нарече тероризам, тогаш за најнетипичен досега. Не може да не се спомене спецификата на случајот Гошинце, што произлегува од „пророштвото“ на Стојанче Ангелов од „Достоинство“, кој недели пред настанот изјави: „Криминалци во липковскиот регион имаат задача да се претстават како УЧК и да извршат убиство на неколку припадници на полицијата или на армијата, и да предизвикаат меѓуетнички конфликт, а да нè обвинат мене и Зоран Заев.“ За среќа, убиство немаше, а Ангелов во пригодата спомена дека „власта платила два милиони евра на Албанци кои немаат врска со УЧК, за да предизвикаат меѓуетнички судир“. Во емисијата „Код“, неколку дена по нападот во Гошинце, беше споменато дека српските медиуми повикувајќи се на извори од безбедносните служби пишуваат дека на сторителите наводно им биле платени два милиони евра - пари собрани од неколку безбедносни служби на околните земји. Потврдено осомничениот Ндрецај негира дека примил пари.
Аналитичари: Не е напад однадвор
За да добиеме појасна слика за тоа што всушност се случи во липковското село на 21 април, и чие недело е нападот во Гошинце, како и за тоа какви последици има и може да има случајот, мислење побаравме од аналитичари кои на проблемот му пристапуваат од позиција на својата област на експертиза. Според поранешниот министер за внатрешни работи и актуелен пратеник, Павле Трајанов, караулата во Гошинце не била нападната од надворешен фактор, а тој ги отфрла како несериозни и шпекулациите дека власта (во Македонија) е нарачател кој би имал интерес во отргнување на вниманието од материјалите што ги објавува опозицијата. „Се работи за внатрешен проблем. Некоја спрега меѓу криминална структура од тој регион, која претпоставувам дека има конекции со некои од локалните политички структури, од тамошните припадници на полицијата. Најверојатно се работи за криминален чин за да земат оружје. Ако го гледаме како случај, тој е изолиран, но, генерално гледано, во тој регион МВР и службите за безбедност немаат доволно информации за да превенираат вакви инциденти. Зашто, сепак, таму се работи за граничен регион, тешко достапен терен, и практично, се покажува дека постојано во истиот регион има вакви инциденти“, вели Трајанов. Според него тезата дека странски фактор сака да ја дестабилизира Македонија за
www.kapital.mk
Капитал број 809 30.04.2015
43
С Павле Трајанов
поранешен министер за внатрешни работи:
е работи за внатрешен проблем. Некоја спрега меѓу криминална структура од тој регион, која претпоставувам дека има конекции со некои од тамошните припадници на полицијата. Најверојатно се работи за криминален чин за да земат оружје. Ако го гледаме како случај, тој е изолиран, но, генерално гледано, во тој регион МВР и службите за безбедност немаат доволно информации за да превенираат вакви инциденти.
да ја доведе во прашање реализацијата на трасата од гасоводот Турски тек што зависи од земјата, е пренагласена. „Внатрешните случувања можеби влијаат за раздвижување на криминални структури како овие во Гошнице, но, ги сметам за паушални оценките дека некој ги подготвува за да го сврти вниманието на друга страна, и оти им плаќа милиони евра за да одработат за одредени цели“, смета Трајанов. Поранешниот прв полицаец му порачува на МВР да постапува многу внимателно, бидејќи самото (министерство) може да продуцира криза ако настапува робусно, или ако неселективно презема активности, кои не се резултат на потврдени информации, и може да испровоцира инциденти од пошироки размери. Професорот по безбедност, Владимир Пивоваров, во својата анализа посочува на пристапот на полицијата кон случајот, што, според него, бил прилично опуштен за случај на терористички напад. „После 2002 година тактиката на терористите во Македонија беше да предизвикаат инцидент преку кој ќе нè навлечат да отидеме на нивен терен, во планина, со специјални полициски или воени сили, и задолжително на земјените патишта поставуваа минскоексплозивни направи. Последен таков непромислен потег беше 2003 кај село Ваксинце, Црвени води, кога загина возач. Тогаш ние купивме миноловци специјални направи што се поставуваат на хермелините, кои ја активираат мината уште пред да стигне конвојот. Она што мене ме зачуди и загрижи беше околу 15 часот кога сите медиуми објавија како се движат по земјени патеки нашите сили. Втората тактика им беше во кривините да поставуваат заседи (Вејце, Вешала), и несериозно е ако ние вака сме отишле да се качиме на местото на злосторството. Во моментот кога нашите сили се стационираа горе не беше исклучена мобилната мрежа, а по конфликтот од 2001 на цела планина во радиус од 20-30 километри беше блокирана мобилната мрежа за да не бидеме жива мета на терористите, односно, за тие да не може да се договараат“, вели Пивоваров, сметајќи го за „многу симптоматично тоа што не биле преземени доволни мерки на предострожност“. Според професорот чудно е што дури цела недела
по настанот се јави командантот од Косово да ја преземе одговорноста, додека НАТО силите на оваа земја кои имаат силни разузнавачки тимови, и Еулекс, кој врши силен надзор на границите, не успеале да приметат голема групација од 40 луѓе. „Треба да се почека, времето да покаже, дали се работи за она што се шпекулира, дека настанот има за цел одвлекување внимание од политичката криза, од она што го објавува опозицијата. Ако е, сепак, терористички акт, тој е атипичен, прв во историјата на проучуваниот тероризам, само за да се прати порака која е недоволно јасна. Терористите во 2001 година прво создаваа база, поддршка кај локалното население“, гласи заклучокот на Пивоваров. Политичкиот аналитичар Алберт Муслиу, на прашањето дали нападот во Гошинце е настан што со еднократна демонстрација ја исполнил целта на организаторите, или е индикатор за дестабилизација на безбедносен план, го даде следниов одговор: „Дали ова ќе продолжи треба да се прашаат нарачателите. Јас можам да кажам дека паралела меѓу 2001 година и 2015 година не може да се прави. Ниту домашните констелации се такви, ниту регионалната ситуација е таква - Србија очекува во септември да почне преговори (со ЕУ); Албанија очекува пред крајот на годива да добие препорака за датум за преговори; Косово е призната држава од над 100 држави и од повеќето наши меѓународни партнери. Ако некому не одговара дестабилизација на регионот или на пограничниот појас, тоа е на Косово. Институционална поддршка од таму за вакви настани нема. Атмосферата помеѓу двете најголеми заедници во Македонија не е таква да може да очекуваме ескалација на овие случувања“, вели Муслиу. Според аналитичарт тајмингот на случајот е апсолутно индикативен. „Ако некому одговара токму сега да има вакво нешто, тоа е на тие кои се таргет на содржината на прислушуваните материјали. Зашто единствена работа што може граѓаните да ги дефокусира од она што го откриваат „бомбите“ е безбедносен проблем“. Според него најсилен фактор да не се случи ескалација е зголемената сплотеност помеѓу двете најголеми етнички заедници во однос на содржината на прислушуваните материјали. nnn
www.kapital.mk
Капитал број 809 30.04.2015
44
Репортажа
Ново Село - штип
Феноменот на Новосело родното место на многу амбициозни и успешни луѓе
Поттикнат од засилените градежни активности за реставрација на едно од најпознатите македонски населени места, Капитал ја посети старата штипска населба Ново Село и одблизу се увери дека работите таму навистина се одвиваат во позитивна насока и дека населбата навистина добива ново руво. Но, покрај тоа многу поинтересна и повпечатлива за нас беше самата историска атмосфера која владее меѓу жителите и во самото населено место. Едноставно кога сте во Ново Село се чувствувате како да сте дел од македонската историја.
Факт: Ново село има дадено најмногу п
www.kapital.mk
Капитал број 809 30.04.2015
45
Новоотворениот музеј на восочни фигиру во реставрираната куќа на Андонци
Реставрираната
калдрма на улицата Крсте Петков Мисирков и куќата во која живеел Гоце Делчев
Интензивно се
реконструираат куќите на старите новоселски фамилии
Ректоратот на
универзитетот Гоце Делчев Штип од неодамна е прселен во Ново Село
З
Д
пишува:
Дејан Азески
dejan.azeski@kapital.mk
Загорје, Цетиње, Трново, Амфипол се само дел од прославените места во околината на Македонија каде може да се забележи концентрација на значајни луѓе кои ја задолжиле историјата на било каков начин. Многумина забораваат дека и Македонија има такво место кое долго време беше заборавено и од историчарите и државата. Станува збор за Ново Село стара штипска населба која Капитал минатиот месец имаше можност да ја посети и барем за момент да стане дел од живата македонска историја. Импресиите ви ги пренесуваме дословно.
Тодор Чепреганов историчар
опрва не само историчарите, туку и биолозите ќе истражуваат зошто токму од тука потекнува толкав процент истакнати Македонци.
Ново Село конечно добива ново руво
Нашиот домаќин новоселанецот Слободан Апостолов млад и успешен човек кој иако одамна е преселен во центарот на Штип се уште е изразито посветен на новоселските традиции гордо не прошета низ сите знаменитости на неговата родна населба. Она што првично можевме да го забележиме од нашата посета е дека Ново Село после цели сто години повторно се развива и се гради. Акцентот е ставен на реновирање на старите куќи на познатите новоселски семејства, на враќање на автентичноста на селската инфраструктура но и на изградба на музеи па и цели институции.
М
Слободан Апостолов жител на Ново Село
ора да е до водата. Веројатно толку честото користење на минералните води за бањање и пиење позитивно се одразува на луѓето и затоа се толку амбициозни и успешни.
Имавме можност да го посетиме новиот музеј со восочни фигури (реконструираната куќа на Андонци), каде видовме сцени и фотографии, како и автентични документи кои сведочат за најзначајните револуционерни дејци. Во него има сместено единаесет восочни фигури на истакнати историски дејци од илинденскиот и постилинденскиот период, кои потекнуваат токму од овој регион. Во музејот, изложени се восочни фигури на Јосиф Ковачев, Мише Развигоров, Тодор Александров, Иван Ванчо Михајлов, Панчо Михајлов, и на Гоце Делчев и Даме Груев кои не биле штипјани, но учителствувале во Ново село. Првото прашање кое му го поставивме на Апостолов секако беше околу тоа како е
познати македонци по глава на жител
www.kapital.mk
Капитал број 809 30.04.2015
46
Репортажа
Познати личности од Ново Село и шт Михајло Апостолски (Ново Село, 8 ноември 1906 - Дојран, 7 август 1987) Mакедонски партизан, генерал, командант на НОВ и ПОМ, воен теоретичар, политичар, историчар и народен херој.
Тодор Александров Поп-Opушов (Ново Село, 4 март 1881 – Сугарево, 31 август 1924) Македонски политички лидер и еден од водачите на ВМРО за време на Балканските војни и Првата Светска Војна.
останал запаметен по прекрасните беседи. Тој е единствениот духовник на кој му било понудено местото претседател на Република Македонија.
Тодор Павлов
(26 август 1896 5 септември 1990) Познат уште како Ванчо Михајлов, Ванче Михајлов и Радко бил раководител на ВМРО. Дејствувал за обединување и независност на Македонија, но како бугарска земја (со бугарско мнозинско население).
(Ново Село (Штипско), 20 мај 1912 - 6 јули 1999) Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Михаил. Бил четвртиот архиепископ на Македонската православна црква по нејзиното обновување. Михаил бил свештеник и вероучител, даровит црковен оратор и мудрец, и
Комунист, политичар и филозоф од Бугарија со потекло од Македонија. Во светски рамки е познат како еден од главните застапници на теоријата на одразот. По доаѓањето на Отечествениот фронт на власт во Бугарија, Павлов е еден од тројцата регенти на Царството Бугариjа во периодот 1944-1946. Потоа бил член на Централниот комитет на Бугарската комунистичка партија од 1957, член на Политбиро од 1966, два пати член на Президиумот на Народното собрание (19471954 и 1962-1971), претседател на
да си роден и да живееш во место од кое потекнувале толку многу великани. Тој ни даде интересен и искрен одговор дека главно сето тоа е привилегија но дека знае да биде и товар. „Во моето семејство со генерации се прераскажува приказната дека мојот дедо бил со недели тепан од Бугарите за време на Втората Светска војна бидејќи мислеле дека Апостолови и генералот Михајло Апостолски се иста фамилија. Слични случки има и со другите фамилии децении и векови наназад. Но, на крај во нормални услови кога ќе кажеш било каде дека си од штипско Ново Село, тоа дефинитивно нешто значи“, вели Апостолов. Во понатамошната прошетка низ населбата забележавме дека на главната новоселска улица Крсте Мисирков која е скоро обновена поставен е коцка и
обновени се старите бунари со што и се враќа автентичниот изглед. Површината на улицата е 2000 м2, а вкупната инвестиција се проценува на околу 1,5 милиона денари. Токму на таа улица се наоѓа и куќата во која е одржана првата опера во Македонија, а се уште сочувана е и куќата каде што престојувал Гоце Делчев додека учителствувал во оближното училиште. Не изненади и фактот дека токму на улицата Крсте Мисирков се наоѓа и куќата во која се снимани најголем дел од сцените од култниот филм на Столе Попов, „Среќна Нова 49“. На истата улица во тек е и изградба на црква кај местото „Јаворот“ (шеста црква на мал простор во селото),а под заштита на државата во ова населено место се вкупно 16 куќи. Секако најмаркантно место во целото село има ново отворениот ректорат
на Штипскиот универзитет Гоце Делчев кој е сместен во реновираното селско училиште во кое некогаш учителствувал и самиот Гоце Делчев. Нашиот домаќин на платото пред ректоратот и пред централната Црква Успение на пресвета Богородица ни го пренесе ставот кој го застапуваат најголем дел од Новоселци дека добро е што конечно некој се одлучил да вложи во оваа многу значајна, а заборавена населба. „Со децении во Ново Село никој не вложил апсолутно ништо. Иако селото отсекогаш е многу познато луѓето само поминуваа во него бидејќи освен во црквата немаат каде да застанат. Со ваквото поинтензивно вложување може да се забележи и видно зголемување на бројот на туристите, а интензивирани се посетите и на луѓето од овој регион. Во секој случај е добро што
Ванчо Михајлов
Господин господин Михаил
www.kapital.mk
Капитал број 809 30.04.2015
47 ипско Бугарската академиjа на науките (БАН) во периодот 1947-1962, по 1962 - почесен претседател на БАН, директор на Институтот по филозофија во БАН (1949-1952 и 1960-1977), почесен претседател на Сојузот на бугарските писатели.
Од остатокот на штипско потекнуваат и: Владо Черноземски Македонски револуционер и терорист од Бугарија, учесник во македонското револуционерно движење во првата половина на 20 век, Черноземски е познат атентатор, приврзаник на терористичката тактика, која била карактеристична во овој период за Организацијата. Останува запаметен во историјата како атентор врз кралот на Југославија, Александар I Караѓорѓевиќ во 1934 година.
државата и новоселци конечно се сетија на ова историски можеби најзначајно место “
Зошто баш Ново Село?
Ново Село е една од најстарите контиунирано населени места во Македонија. Иако точни податоци за периодот на формирањето на населбата нема, се претпоставува дека како посебна населба Ново Село постоело уште пред тринаесеттиот век. Дека е така, потврдуваат и големиот број на цркви што потекнуваат токму од овој период како што е најстарата црква во овој реон, Свети Спас. Во периодот на 13 и 14 век Ново Село било вакаф на султанот Бајазит. Потоа со доаѓањето на султанот Мурат Втори, Ново Село е прогласено за војничка и чуварска населба и добива посебни права и привилегии. Од периодот на неговото формирање во Ново Село живеело исклучиво христијанско население. Тоа го потврдува и пописот од 1519 година, според кој
Киро Глигоров Со родено име Киро Панчев, (, 3 мај 1917 Скопје, Македонија, 1 јануари 2012) бил активист на македонското студентско и комунистичко движење, македонски и југословенски правно-економски стручњак, политичар и државник, прв претседател на самостојна и независна Република Македонија.
Никола Кљусев (Штип, 2 октомври 1927 - Скопје, 16 јануари 2008) бил македонски економист, универзитетски професор, научен истражувач, општественик, член на МАНУ и прв премиер на Република Македонија по прогласувањето на независноста од Југославија.
овде живеело 21 христијанско семејство. Легендите раскажуваат дека за турското население Ново Село било забранета територија. „Овде Турчин не смеел ниту да помине, а ако, евентуално, заноќил, жив утрото не го дочекувал. Проблеми немале само оние кои доаѓале со добра намера“ запишано е од старите новоселци. Според историчарот Тодор Чепреганов кој потекнува од една од најпрочуените фамилии од штипско Ново Село која само во последната генерација има извадено шест доктори на науки последниот споменат факт околу доминацијата на христијанско население во Ново Село низ вековите можеби е клучен за концентрацијата на успешни луѓе токму во ова населено место. „Во Штип како и во сите поголеми н а с е л е н и м е с т а в о М а ке д о н и ј а доминирало муслиманското население кое си продуцирало своја интелигенција
Од Ново Село и штипско уште потекнуваат и : Ацо Шопов - академик на МАНУ, македонски поет и преведувач Јордан Мијалков - прв министер за внатрешни работи на независна Македонија Ванчо Прке - македонски народен херој од НОБ Жан Митрев, лекар кардиохирург Сашко Кедев, лекар-кардиолог и политичар Зоран Шоров - борач, трикратен олимпиец, Ферус Мустафов - музичар, саксафонист, Кирил Рибарски - музичар, тромбонист... Јордан Поп Јорданов претседател на МАНУ Едни од најпознатите стари Штипски семејства, чие потекло е од Ново Село, се: Aндонци, Чепреганови, Мијалкови, Хаџи Кимови и многу други.
и свои успешни луѓе. Ново Село бидејќи било чисто христијанско отсекогаш било одлично засолниште за сите прогресивни Македонци. Тие тука се чувствувале заштитени и ја имале слободата да творат и работата. Таа традиција или тие гени очигледно продолжиле и низ годините кои следуваат по турското ропство па дури и после ослободувањето. Веројатно со времето и самото опкружување со учени луѓе ги терало младите да се трудат да ги достигнат своите комшии и роднини“ Сепак Чепреганов за населбата од која ги влечи своите корени вели дека допрва не само историчарите, туку и биолозите ќе истражуваат зошто токму од тука потекнува толкав процент истакнати Македонци. Златната дома на ова познато место е сепак деветнаесеттиот век кога Ново Село игра клучна улога во будењето на националната свест кај македонскиот народ, особено по учителствувањето на Даме Груев и Гоце Делчев. nnn
Капитал број 809 30.04.2015
48
www.kapital.mk
Балкан бизнис и политика
Доколку Грција ги оданочи парите кои грчките граѓани ги имаат на тајни швајцарски сметки, ќе добие приход од
околу 800 милиони евра, што и не е сума за потценување со оглед на задолженоста на оваа земја, наспроти силните реформи кои ги вети Ципрас за економски развој и подобар живот за граѓаните во Грција
Ципрас ги вади на површина досиејата кои претходната власт
Богати грчки бизнис и политичари ќе се за неплаќање дан
Листата на Лагард: Од 2602 Грци на листата Грци
www.kapital.mk
Капитал број 808 24.04.2015
49 Четири години откако грчките власти во свои раце ја имаат листата со имињата на грчки граѓани кои имаат тајни сметки во Швајцарија, со цел даночно затајување, дадена од директорот на Меѓународниот монетарен фонд, Кристин Лагард, уште позната под името “листата на Лагард“, посериозна истрага не е спроведена. Меѓутоа, последните апсења и истраги од страна на властите, упатуваат на тоа дека новата политичка гарнитура, предводена од Алексис Ципрас, е решена да го извади на површина, она што со години неговите претходници го чувале под тепих. Дали ваквиот потег на Ципрас, за оданочувањето на затаениот капитал на тајните сметки во Швајцарија, е искрена борба со корупцијата, или е само стратегија да се дојде до свеж капитал (800 милиони евра приход ќе добие Грција ако ги оданочи овие затајувања) со оглед на задолженоста на Грција, наспроти ветувањето за економски развој и подобар живот за граѓаните, останува да се види.
A пишува:
Габриела Делова
gabriela.delova@kapital.mk
Леонидас Бобалас, директор на Актор
Овој богат грчки бизнисмен е еден од Грците кои се најде на познатата листа на Лагард за даночни затајувања на сметки во Швајцарија
Гиоргос Папаконстантину,
поранешен министер за финансии Директор на ММФ, Кристин Лагард листата со грчки граѓани кои затаиле данок му ја предаде на тогашниот грчки министер за финансии Папаконстантину. Меѓутоа, истагата не се спроведи, оти како што тврдеше министерот, го изгубил мемориското стапче кое му го предала Лагард. Истражувањата покажуваат дека Папаконстантину не ја започнал истрагата оти негови блиски роднини, како и самиот тој, се дел од прочуената листа на Лагард, пишуваат грчките медиуми
ги чуваше под тепих
смени апсат ноци
Апсењето на директорот на најголемата грчка градежна фирма Актор, Леонидас Боболас, обвинет за даночно затајување од 1,8 милиони евра, се чини ја отвара вратата за спроведување на силно ветената промена што ја најави во својата предизборна кампања, премиерот на Грција, Алексис Ципрас, дека конечно ќе стави крај на криминалот и корупцијата во неговата држава. Уште повеќе, апсењето на овој грчки бизнисмени, дава надеж дека имињата на преку 2000 Грци што се најдоа на така- наречената листа на Лагард (составена од Кристин Лагард, директор на Меѓународниот монетарен фонд, еден од меѓународните кредиторите на Грција), која се чува во најголема тајност, а меѓу кој е и Боболас, ќе бидат предмет на сериозни истрага за тајните сметки отворени во Швајцарија, во тамошната HSBC банка, кои упатуваат на даночни затајувања. Проценките се дека дури 2 милијарди евра се наоѓаат на овие сметки, а кои не се оданочени. Според пресметките на Управата за финансиски и економски криминал пак, која ја води истрагата, ако сите овие 2 милијарди евра да се оданочат,
ција досега проверила само 500
БРОЈКИ
2
милијарди евра чуваат Грците на швајцарските сметки за кои се претпоставува дека не се оданочени
800
милиони евра приход би добила Грција доколку ја оданочи сумата во тајните сметки
приходот за Грција ќе биде околу 800 милиони евра. Инаку, познатата листа на Лагард, уште во 2010 година официјално беше предадена до тогашните власти во Атина, но и четири години подоцна, имињата кои се наоѓаат таму не се обелоденети, исто како што и посериозни истраги не се спроведуваат, а општиот заклучок на јавноста е дека овој предмет намерно се чува зафрлен. Од денешна перспектива, ако се суди според пишувањата во медиумите, се чини и сосема е јасно зошто претходниците на Ципрас со несериозност постапувале кон истата, со оглед на тврдењата во медиумите дека голем број од блиските соработници на неговиот претходник, поранешниот премиер Андонис Самарас, се најдоа на листата, што фрла сомнеж за корупција и криминал кој води до врвот на владата.
Кој сé се наоѓа на листата на Лагард?
Имињата со 2602 Грци од оваа прочуена листа на Лагард и понатаму се држат во строга
www.kapital.mk
Капитал број 809 30.04.2015
50
Балкан бизнис и политика
тајност. Меѓутоа, како што поминува времето, дел од европските весници, меѓу нив и грчки, го откриваат идентитетот на дел од бизнисмените и политичарите од листата. Последен таков текст дојде од Италија. Италијанскиот весник Ла Стампа минатата недела, во текстот со наслов „Десната рака на Самарас и закопаната даночна евазија“, открива дека токму еден од блиските соработници на поранешниот премиер, е меѓу 2602 лица кои се наоѓаат на листата на Лагард. Станува збор за Ставрос Папаставру, грчки бизнисмен и еден од најмоќните лица во Грција. Инаку, сопственик на Стабри, компанија која се наоѓа во даночниот рај на Девствените острови. Грчките власти се уште немаат никакви докази за неговиот капитал таму, а единствениот елемент кој досега го имаат тие е 2.6 милиони долари трансакција од швајцарска сметка на име Fairwings Asset Inc, направена во 2006, за која Папаставру вели дека е сума која дошла од различни профити на компанијата. Покрај името на овој грчки бизнисмен, како што пишува Ла Стампа, а пренесува грчки Репортер, се наоѓа и името на грчко- израелскиот бизнисмен Саба Мионис, „кој потврди дека бил поранешен советник на Самарас и сам ги менаџирал финансирањата“. Според информациите до кои дошол овој италијански весник, Управа за финансиски криминал во Грција, почнала истрага со цел да утврди дали изворите на финансирање се легални. „Но кога на 25 јануари беа свикани избори, директорот на Управата побара овој случај да се затвори“, пишува весникот. И додека за Мионис Управа покренала истрага уште во времето на Самарас, сепак, името Папаставру се до денес се чуваше силно скриено од јавноста, оти, како што заклучува авторот на текстот во Ла Стампа, секој скандал поврзан со името на тогашниор премиер Самарас, „ќе имаше значајни последици за него и неговата партија, Нова Демократиа со оглед на фактот дека токму претседателот на Нова Демократиа беше единствениот ривал на Алексис Ципрас“. Минатата година, грчкиот весник Репортер соопшти дека дури и поранешниот министер за финансии, Гиоргос Папаконстантину е поврзан со дел од имињата кои се наоѓаат на оваа листа. Всушност, токму Папаконстантину, кој во 2010 година ја извршуваше функцијата министер за финансии, беше човекот на кој Лагард му ја даде листата. Но подоцна, запрашан зошто не е започната истрага за имињата кои се наоѓаат на листата, министер рече дека го загубил мемориското стапче со податоците на него. Подоцно, како што пишуваат грчките весници се покажа дека и самиот Папаконстантину се товари со повеќе криминални дела, кои тој ги негира, откако негови тројца блиски роднини исто така се најдоа на оваа листа. Листата на Лагард подоцна му беше предадена и на поранешниот министер за надворешни работи, Евангелос Венизелос, но и тој, иако против него немаше обвиненија, место да започне истрага, ја држел листата на страна, пишува грчки Репортер. Дали роднини и блиски пријатели на Венизелос исто така се наоѓаат на
И Кипар ја бара листата со имињата
Д
ел од спроведените истрага на грчката Управа упатуваат на соработка меѓу грчки и кипарски државјани. Кипарските и грчките весници веќе наголемо пишуваат за индивидуалци и компании од Кипар вклучени во скандалот со затаени сметки во Швајцарија. „Кипарската листа“, пишува грчка Та неа, покажува дека вкупно 308 лица имаат сметки со вкупен износ од 647 милиони долари во швајцарската банка. Од овие, осум луѓе навеле грчка адреса, а двајца од нив биле со грчка националност. Овие осум лица, како што пишува весникот, имаат 22.5 милиони долари во депозити. Според весникот, податоците укажуваат дека дел од имињата од кипарската листа со свои сметки во Швајцарија, префрлале средства на лица од Грција. Колку е тоа вистинито, тешко е да се претпостави со оглед на тоа дека не станува збор за официјална листа, туку листа направена врз основа на новинарски истражувања. Од даночниот оддел на Кипар велат дека иако медиумските текстови се доволни за овој оддел да покрене истрага, сепак властите се тие што треба да ја побараат официјалната листа. „Кога ќе ја добиеме листата, ќе ја еваулираме и ќе ги истражиме сите сомнежи за даночно затајување“. „Но работа на министерството за финансии е да ги контактира вистинските луѓе и да ја обезбеди листата“, изјавиле од даночниот оддел пишува грчка Та Неа. листата се уште е непознато. Инаку, како што соопшти Лагард, имињата се дел од поголема листа, во која има имиња и за други држави кои се претпоставува дека затаиле данок, а кои според Лагард веќе започнале истраги.
Само четвртина од имињата на листата се истражени до сега
Инаку, според последните написи во грчките медиуми, членови на Управата за финансиски криминал и даночните инспектори кои ја водат истрагата за таканаречената Листа на Лагард досега успеале да направат истрага за 25 лица од листата кои се проценува дека затаиле 12 милиони евра. Според грчкиот весник Катимерини, пак, членовите во управата очекуваат дека наскоро ќе може да ги објават резултатите поврзани со 20 имиња од истоимената листа. Дека истрагата навистина се спроведува, уверување добил и самиот премиер
Алексис Ципрас, кој изјави дека за време на неодамнешната посета во Управата, му било кажано дека инспекторите провериле 500 од 2,062 имиња од листата. Според изјавите на истражителите, на кои се повикува Катимерини, пак, листата со имиња била поделена меѓу 35 даночни канцеларии во Грција, или околу 60 случаи по канцеларија. Темпото на истрага е доста бавно, односно, како што пишува Катимерини, инспекторите проверувале два до три случаи на секои четири месеци. Еден од инспекторите вклучен во истрагата, за Катимерини изјавил дека процесот е макотрпен, и вклучува проверки на безбројни банкарски трансфери меѓу сметки, и најчесто нема доказ за даночна евазија. Слична изјава доаѓа и од Министерството за финансии, од каде нотираат дека многу од проверките завршуваат во ќорсокак, оти голем дел од обвинетите успеале да ги оправдаат своите приходи. nnn
Грчките власти: Процесот е долг и макотрпен
ʺ̡̨̡̖̦̭̯̌̔̌̌ ̖̬̍̌̚ ʤʪ ˁ̡̨̪̠̖͕ ʶ̨̛̛̥̭̠̯̌̌ ̌̚ ̵̛̛̬̯̌ ̨̔ ̨̬̖̦̭̯̏̔ ̦̌ ˀ̡̛̖̪̱̣̍̌ ʺ̡̨̛̖̦̠̌̔̌ ̛ ˉ̨̛̖̦̯̬̣̦̯̌ ̨̛̖̪̯̬̔̌̚ ̌̚ ̵̛̛̬̯̌ ̨̔ ̨̬̖̦̭̯̏̔ ʤʪ ˁ̡̨̪̠̖ ʦ̖ ̨̡̪̦̱̯̌̏̌̌ ̦̌ ̸̡̛̖̦̯̌̔̌̌̚
ͣʶ̴̶̨̛̦̖̬̖̦̠̌ ̦̌ ̡̨̡̨̛̥̖̦̭̯̌̔ ̪̬̌̌̚ ̦̌ ̵̛̛̬̯̌ ̨̔ ̨̬̖̦̭̯̏̔ ϮϬϭϱ͘͞ ˉ̖̦̯̬̣̖̦̌ ̦̭̯̦̌̌ ̦̌ ̴̶̡̨̛̦̖̬̖̦̠̯̌̌ ̢̖ ̛̖̍̔
ʪ̨̛̖̯̦̯̍̌ ̴̨̬̱̥
ͣϮϱ ̨̛̛̦̐̔ ̪̬̦̌̌̌̚ ̡̨̨̛̖̦̥̠̌ ̨̏ ˀ̡̛̖̪̱̣̍̌ ʺ̡̨̛̖̦̠̌̔̌ ̛ ̨̨̛̭̭̯̠̯̖̍ ̦̌ ̨̪̬̯̌̌̚ ̦̌ ̵̛̛̬̯̌ ̨̔ ̨̬̖̦̭̯̏̔͞ ˄̸̶̛̛̖̭̦ ̦̌ ̴̨̨̬̱̥̯ ̭̖͗ ʧͲ̛̦̔ ʧ̨̛̣̬̐ ʥ̛̹̖̏ Ͳ ʿ̬̖̯̭̖̯̖̣̔̌ ̦̌ ˄̪̬̖̦̌̏ ̨̨̬͕̔̍ ˌ̡̪̬̭̖̌̌ ̡̦̍̌̌ ʺ̡̨̛̖̦̠̌̔̌ ʤʪ ˁ̡̨̪̠̖ ʧͲ̛̦̔ ʹ̱̖̍ ˃̡̛̬̪̖̭ Ͳ ʿ̴̨̨̬̖̭̬͕ ʫ̡̨̨̡̛̦̥̭ ̴̡̱̣̯̖̯̌ ˁ̡̨̪̠̖ ʧͲ̑̌ ˁ̡̌̏̌ ʪ̨̛̛̥̯̬̏̌ Ͳ ʿ̬̖̯̭̖̯̖̣̔̌ ̦̌ ˄̪̬̖̦̌̏ ̨̨̬͕̔̍ ʫ̨̬̪̏̌ ʤʪ ˁ̡̨̪̠̖ ʧͲ̛̦̔ ˁ̡̨̹̌ ˁ̷̨̡̛̛̥̬̭̌̌ Ͳ ʧ̖̦̖̬̣̖̦̌ ̡̨̛̬̖̯̬͕̔ ʿ̡̛̬̣̖̪̭̌ ̶̛̛̪̬̦̏̌̌ ʤʪ ʿ̛̬̣̖̪ ʧͲ̛̦̔ ʶ̛̛̬̭̯̠̦̌ ʿ̨̡̣̖̦̌ Ͳ ʿ̬̯̦̖̬͕̌ ʤ̨̡̡̨̯̭̔̏̌ ̨̬̱̹̯̔̏ ʿ̨̡̣̖̦̌ ˁ̡̨̪̠̖ ʧͲ̛̦̔ ʯ̨̬̦̌ ʵ̨̨̡̛̦̭̏̌̏ Ͳ ˁ̨̡̛̪̭̯̖̦͕̏ ʺ̛̦̌̐̌̚ ʫ̡̨̨̛̦̥̠̌ ̛ ʥ̛̛̦̭̚ ʧͲ̛̦̔ ʵ̡̨̦̌ ˃̡̨̡̛̬̖̦̭ Ͳ ʧ̖̦̖̬̣̖̦̌ ̡̨̛̬̖̯̬͕̔ ʶʥ ʿ̨̬̏ ̡̨̛̪̖̦̭̚ ̨̬̱̹̯̔̏ ʤʪ ˁ̡̨̪̠̖ ʧͲ̛̦̔ ʦ̡̨̭̌ ʺ̛̯̖̏ Ͳ ʰ̬̹̖̦̏̚ ̡̨̛̬̖̯̬͕̔ ʰ̡̛̛̣̬̌ ̛̦̖̭̯̥̖̦̯̭̏ ʤʪ ˁ̡̨̪̠̖ ʧͲ̑̌ ʫ̛̣̖̯̌̍̌̚ ˋ̨̡̛̦̬̭̐̌̏̌ Ͳ ʿ̬̖̯̭̖̯̖̣͕̔̌ ʶ̨̛̛̥̭̠̌ ̌̚ ̵̛̛̬̯̌ ̨̔ ̨̬̖̦̭̯̏̔ ̦̌ ˀ̡̛̖̪̱̣̍̌ ʺ̡̨̛̖̦̠̌̔̌ ʧͲ̑̌ ʫ̣̖̦̌ ʵ̡̨̡̛̥̭̌̏̌ ʿ̨̡̖̯̬̭̏̌ Ͳ ʰ̬̹̖̦̏̚ ̡̨̛̬̖̯̬͕̔ ˉ̖̦̯̬̣̖̦̌ ̨̛̖̪̯̬̔̌̚ ̌̚ ̵̛̛̬̯̌ ̨̔ ̨̬̖̦̭̯̏̔ ʤʪ ˁ̡̨̪̠̖ ʧͲ̛̦̔ ʰ̦̏̌ ˌ̛̯̖̬̖̏ Ͳ ʧ̣̖̦̌̏ ̛̬̹̖̦̏̚ ̡̨̛̬̖̯̬͕̔ ʺ̡̨̡̖̦̭̌̔̌ ̖̬̍̌̚ ʤʪ ˁ̡̨̪̠̖ ʻ̌ ̴̨̨̬̱̥̯ ̢̖ ̛̯̍̔̌ ̛̛̪̬̖̖̦̯̬̦̌̚ ̛ ̛̛̠̌̏̚ ̦̌ ̡̛̖̭̪̖̬̯ ̨̔ ̨̣̭̯̍̌̌ ̦̌ ̨̪̬̯̌̌̚ ̦̌ ̵̛̛̬̯̌ ̨̔ ̨̬̖̦̭̯̏̔ ̨̔ ˁ̨̛̣̖̦̠͕̏̌ ˈ̡̬̯̭̏̌̌ ̛ ʥ̛̱̬̠̐̌̌͘ ˇ̨̨̬̱̥̯ ̢̖ ̭̖ ̨̛̬̙̔ ̦̌ Ϭϳ ̥̠͕̌ ϮϬϭϱ ̨̛̦̐̔̌ ̨̏ ̵͘ʤ̡̣̖̭̦̬̌̔̌ ʿ̣̭͕̌̌ ˁ̡̨̪̠̖͘ ʿ̨̬̬̥̐̌̌ ̦̌ ̴̶̡̨̛̦̖̬̖̦̠̯̌̌͗ 09:30 – 10:00 10:00 – 12:30 12:30 – 13:30 13:30 – 14:00
ˀ̶̛̛̖̭̯̬̠̐̌̌ ̦̌ ̸̶̛̛̱̖̭̦ ˇ̨̬̱̥ ʶ̨̡̯̖̣ ̸̡̬̱̖ ʪ̨̧̖̣̱̖̔̏̌ ̦̌ ̛̦̬̌̐̌̔͗
Ͳ ͣʶ̨̛̬̭̯̣̦̌ ̨̨̮̦̏͟ Ͳ ̌̚ ̛̦̠̯̬̦̭̪̬̖̦̯̦̌̌̌ ̡̨̛̛̯̬̦̌ ̶̡̨̡̛̛̦̖̬̭̌ ̬̱̹̯̔̏̌ ̌̚ ϮϬϭϰ ̨̛̦̐̔̌
Ͳ ʻ̛̬̌̐̌̔ ̌̚ ̨̛̣̭̯̖̦̏̌ ̸̶̛̛̱̖̭̦ ̦̌ ̡̨̡̨̛̥̖̦̭̯̌̔ ̪̬̌̌̚ ̦̌ ̵̛̛̬̯̌ ̨̔ ̨̬̖̦̭̯̏̔͘
˄̸̨̨̖̭̯̯̏ ̦̌ ̴̶̡̨̛̦̖̬̖̦̠̯̌̌ ̢̖ ̛̖̍̔ ̖̍̚ ̶̡̨̛̛̯̠̌̌̚ ̌̚ ̸̨̱̖̭̯̏͘ ʿ̨̢̖̖̏ ̴̶̨̛̛̛̦̬̥̌ ̛ ̛̖̯̣̔̌ ̌̚ ̨̦̭̯̦̯̌̌ ̨̥̙̖̯̖ ̔̌ ̦̠̖̯̖̌̔ ̦̌ ̴̶̨̛̛̠̣̦̯̌̌̌ ̛̦̯̖̬̦̖̯ ̶̛̭̯̬̦̌̌ ̦̌ ʺ̡̨̡̖̦̭̌̔̌ ̖̬̍̌͗̚ ǁǁǁ͘ŵƐĞ͘ŵŬ
! " !
www.kapital.mk
Капитал број 809 30.04.2015
52
Свет бизнис и политика
Од рибарско гратче до светски бизнис центар
Еве како Дубаи го направи тоа
Д
Дубаи... Еден од седумте емирати што ја формираат државата Обединети арапски емирати - ОАЕ. Пред 40-тина години, тоа беше малку познато мало гратче во пустината покрај брегот на Арапскиот
Некогаш мало рибарско место во пустината крај брегот на Арапскиот залив, денес Дубаи е шестиот по големина финансиски центар во светот. Главен “виновник“ за ова е Меѓународниот финансиски центар, односно слободната зона каде што се регистрирани преку 1.000 компании од цел свет. Прочитајте како малиот емират стана бизнис рај на планетава.
залив, со население што се занимаваше главно со рибарство. Тогашното рибарско место денес е најпопуларната дестинација за туризам, спорт, бизнис и шопинг на Блискиот исток, привлекувајќи млади и амбициозни луѓе од цел свет. Меѓународниот финансиски центар на Дубаи (Dubai International Financial Centre – DIFC), основан во 2004 година, е всушност моторот на трансформација на градот во последнава деценија. Дубаи
беше предмет на многу документарци снимени од најголемите медиумски куќи на планетава, како National Geographic, чиј што филм имаше наслов “Дубаи: Чудо или фатаморгана“. Креатор на оваа “оаза во пустината“ е без двоумење владетелот на Дубаи, Мохамаед бин Рашид Ал Мактум, кој што е и потпретседател на ОАЕ. Ал Мактум, визионерскиот лидер на Дубаи и неговиот тим успеаја да го привлечат вниманието на секој инвеститор на глобално ниво во областа
Берза: За нецели 10 години NASDAQ Dubai ст
www.kapital.mk
Капитал број 809 30.04.2015
53
Финансискиот центар Дубаи низ бројки
1.039 15. 600
регистрирани компании
вработени во корпорациите во DIFC од 131 земја
Дубаи за 10 години стана шестиот најголем финансиски центар во светот
Б
ројот на активни компании регистрирани во Меѓународниот финансиски центар во Дубаи во 2014 достигна 1039, што претставува 14% зголемување во однос на 2013. Отворени се 40 нови претставништва на познатите трговски брендови, кои што ја заокружуваат бројката од 154. Во DIFC работат вкупно 15. 600 луѓе кои доаѓаат од 131 различна земја, што е 11% зголемување во споредба со претходната година. 34% од компаниите се од Европа, 29% од Блискиот Исток, 15% од Северна Америка, 12% од Азија, а остатокот од 10 % од другите региони ширум светот. 20 од 30 најголеми финансиски менаџери, 6 од 10 осигурителни компании, како и 7 од 10 адвокатски куќи работат во Дубаи, што го рангира DIFC на шестото место во светот, веднаш после Лондон, Њу Јорк, Сингапур, Хонк Конг и Франкфурт.
Додека од година во година расте бројот на регистирани компании, светски познатите гиганти ги надоградуваат своите лиценци. Финансиските организации како Emirates Retakaful, China Construction Bank и Меѓународната финансиска корпорација одлучија да ги зголемат своите капацитети. Извршниот директор на DIFC, Џефри Сингер, смета дека најголемиот раст од почетокот на светската економска криза е постигнат токму во 2013. Својот став тој го поткрепува со големиот број вложувања кои обезбедуваат инвеститори од светска класа, одговорни за глобалниот финансиски свет. Исто така, бројот на организации кои работат во рамките на DIFC имаат создадено своја бизнис-мрежа, преку која лесно се поврзуваат пазарите од Блискиот Исток, Африка и Јужна Азија, со оние во Европа, Америка и Азија.
на туризмот, недвижностите, трговијата и финансиите, со тоа што покренаа проекти во градот кои што предизвикаа голем интерес низ цел свет. Овој мал емират во моментов е домаќин на највеличествените и највисоките згради на планетава, најголемиот аеродром, најлуксузните хотели, најпрестижните коњски трки и многу други врвни нешта.
од пустината, без сомнение најголемо достигнување на Дубаи е што стана центар на фондовската индустрија во регионот, првенствено во арапскиот свет. Приказната почнува со конструкција на објектите што беа замислени од Дубаи да направат светски финансиски центар. Работите беа комплетирани во 2004-та и истата година DIFC почна да работи. За време на изградбата, DIFC беше определена како слободна зона, а правниот статус е регулиран од ново и формиран е Совет кој управува со Центарот. Советот исто така има овластување да ги
Почнаа пред една деценија
Рамо до рамо со спектакуларните туристички атракции и огромните облакодери изградени на острови што човечка рака ги создала носејќи песок
20
милијарди долари е пазарната капитализација на берзата NASDAQ Dubai
154
светски трговски брендови се клиенти на финансиската зона Дубаи регулира и ревидира областите поврзани со правната регулатива, затоа што потребна е лиценца за да се работи во DIFC. Раководството на зоната назначува овластен службеник кој што станува одговорен за апликативниот процес на компаниите кои сакаат да инвестираат тука. Задача на овие службеници е да им помагаат на потенцијалните инвеститори при обезбедување на потребните дозволи за работа, развивање бизнис-план и градење на инфраструктура. Вториот орган на финанскискиот центар, познат под името DFSA, има одговорност за безбедно и уредно водење на финансиските операции. Исто така, по примерот на Лондон, Њујорк и Хонг Конг надоградено е целото законодавство во рамките на DIFC.
Берзата достигна вредност од 20 милијарди долари
Една од најзначајните институции на Меѓународниот финансиски центар во Дубаи е берзата NASDAQ Dubai (порано позната како Dubai International Financial Exchange – DIFX). Визијата за NASDAQ Dubai беше таа да стане меѓународна б ерз а ка д е што ќе се т р г у в а ат
тигна до вредност од 20 милијарди долари
www.kapital.mk
Капитал број 809 30.04.2015
54
Свет бизнис и политика
инвестициски инструменти, како акции, обврзници, фондовски удели, исламски финансиски инструменти, деривативи и алтернативни финансиски инструменти. Откако е лансирана во 2005 година, немаше значителен раст на оваа берза во првите три-четири години. Но во следните осум години, како што растеше финансискиот центар Дубаи, паралелно и растот на берзата стигна до пазарна капитализација од преку 20 милијарди долари. Оваа величина е на ниво од една третина од Истанбулската берза на пример, која што стара речиси 30 години. Со други зборови, растот на NASDAQ Dubai е јасен индикатор за тоа колку берзите може да имаат корист од развојот на финансиските зони.
Банкарството беше прва цел
Со цел глобалните финансиски фондови да се насочат кон Дубаи, DIFC одреди шест приоритети. Првата цел беше банкарскиот сектор. На почетекот беа понудени атрактивни и профитабилни можности за инвеститорите, кои својата корпоративна работа ќе ја извршуваат преку Дубаи. Вториот чекор беше
посветен на капиталните трансакции, кои вклучуваат тргување со хартии од вредност, обврзници, јавни добра и деривативи преку DIFC. Нешто подоцна, финансискиот центар беше директно вклучен и во создавањето инвестициски фондови, кои претставуваат значаен извор на парични средства во финансискиот систем. Привилегии беа понудени и на осигурителните компании кои своите централи и ќе го лоцираат во DIFC, а кои обезбедуваат огромни средства преку полиси за здравствено, финансиско и трговско осигурување. Банките и фондовите кои работат во областа на исламските финансии, а кои рапидно растат на Арапскиот полуостров, го привлекуваат вниманието кај Западот кој бара нови фондови после економската криза од 2008 година. Покрај овие можности кои ги нуди Меѓународниот финансиски центар во Дубаи, ангажирани се бројни експерти чија задача е спроведување истражувања и анализи со цел создавање атрактивни можности за бизнис-заедниците ширум светот. nnn
l Шеикот Мохамед бин Рашид Ал Мактум, владетелот на емиратот Дубаи чија што визија беше да направи светски финансиски центар од него
Раст: Најголемиот раст на зоната се случи во 2013 година ũťīŨť 14” ЛАПТОП СО PENTIUM QUAD-CORE ПРОЦЕСОР И ЛИЦЕНЦИРАН WINDOWS Entry-Level Лаптоп со тежина од само 2 кг Lenovo G40-30 e Одличен за Вашиот Бизнис, без дополнителни трошоци за Лиценцирање на Оперативниот Систем СПЕЦИФИКАЦИЈА: ũťīŨť ŕ ŕ ŨŪũť ŀŧ Ħ ŧĩūū Ł ŧ Ũħ Ūťť Ūũťť ŦũŒ ƻ ī ħ ħ ũ ŧĦťť ŭĩŦ
ŦŬĩťťťĦťť денĩ
INet ИНЕТ - АВТОРИЗИРАН ЛЕНОВО СЕРВИС
ЗАШТИТНИК НА ВАШИОТ DO УРЕД!
ЗА ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ:
A: Атинска 12 - Скопје T: 02/ 3090.625 E: sales@inet.com.mk W: www.inet.com.mk
15 специјален прилог - иновативност
мај 2015
l Какви иновативни
продукти и услуги понудија банките и осигурителите во Македонија
l Иновации во
производи и услуги vs иновации во маркетингот и бизнис процесите
Разбивање на митот:
иновацијата не мора да значи “откривање на топла вода“
l Кои индустрии
и компании го предводат трендот на иновации ?
l Од идеја до профит:
Како да го поминете патот на една иновација до комерцијализација
Повеќе информации во врска со прилогот и за претставување во истиот можете да добиете на е-мail: marketing@kapital.mk l gordana.mihajlovska@kapital.mk l sanja.savovska@kapital.mk или на телефонскиот број ++ 389 3 298 111
Лицe за контакт:
ГОРДАНА МИХАЈЛОВСКА Сања Савовска
п
www.kapital.mk
Капитал број 809 30.04.2015
56
CEO Profile
Последиците од финансиската криза принуди голем број компании, особено од финансискиот сектор, да се вратат на основите на коишто се носат деловни одлуки со цел да се заштитат од понатамошна катастрофа. Сепак решенијата на ова ниво бараат голема жртва од водечките луѓе, во смисла на фундаментална промена и бегање од нормата, која честопати може да биде тешка Новиот „go-to“ пост-кризен модел за финансиски услуги претставува општествена одговорност на банките кон своите клиенти, а тоа претставува макотрпна работа и посветеност на директорите како што е Кристијан Клаусен од Nordea Bank. „Како што се докажа во последните пет години на рецесија, силните банки се од суштинско значење не само за финансиските пазари, туку и за општеството во целина. Знаеме дека како такви, сме составен дел од општеството и сакаме да работиме на зголемување на нашиот удел во насока на создавање одржлива иднина“, пишува Клаусен, во корпоративниот извештај за општествена одговорност на банката.
Патување без крај
Извршниот директор Клаусен претставува „нов-вид“ банкар во посто-кризниот свет. Неговата посветеност кон општествената одговорност и фокусот кон услугите кои се нудат на клиентите, претставуваат најважниот фактор за меѓународната репутација која во моментов ја ужива Nordea Bank. „Ние сме на еден пат, која нема крај. Како светот се менува, така треба и ние да се прилагодуваме на тие промени“, вели Клаусен. Ваквата посветеност е огромна обврска за секоја компанија, а не само за банките. Како што вели Клаусен, Nordea продолжува да јакнее и да го шири своето влијание на различните европски и меѓународни пазари.
Патот до Nordea
Клаусен ја започнува кариерата во 1975 година преку United Credit Unions(UCU), за време на четиригодишните мастер студии на Универзитетот во Копенхаген, каде се стекнува со титулата магистер по економија. По петгодишното патешествие во UCU, тој
Кристијан Клаусен Nordea Bank
Клиентите се над се
Извршниот директор Клаусен претставува „нов-вид“ банкар во посто-кризниот свет. Неговата посветеност кон општествената одговорност и фокусот кон услугите кои се нудат на клиентите, претставуваат најважниот фактор за меѓународната репутација која во моментов ја ужива Nordea Bank. ја презема улогата извршен секретар во Henriques bank во 1979 година и дејствува како заменик-директор во Andelsbanken во периодот од 1982 до 1987. Во 90-тите години од минатиот век, Клаусен ја презема улогата генерален директор на Privatborsen, а до 1996 година ја има истата позиција во Unibors Securities. Подоцна е назначен за извршен директор на Unibank, каде останува до 2000 година, а три години делува како член на Извршниот одбор на банката. Неговото искуство во финансискиот сектор е толку големо, што му обезбедува суштинско
искуство потребно за новиот работен ангажман во Nordea bank. Од 2001 година па наваму, тој е најголем виновник за подемот на оваа банка и за проширување на „компанијата“ како една од најголемите финансиски групации во северна Европа. Од преземањето на највисоката позиција во банката во април 2007, Клаусен се насочува кон трендот на „здрави европски банкарски активности“. Со оглед на тоа дека мнозинството европски банки претрпеа неуспех како последица од големата финансиска криза, Nordea bank успеа да го зголеми својот удел на пазарот под водство
Клаусен: Како се менува светот, така ние се
www.kapital.mk
Капитал број 809 30.04.2015
57
Седиштето на Nordea Bank во Копенхаген Назначувањето на Клаусен за извршен директор во Nordea Bank во 2007 година Клаусен понуди нов пост-кризен модел во финансискиот сектор
„Ние веруваме дека луѓето прават разлика. Кога секој од нас презема лична одговорност и кога ќе се здружиме да работиме заедно, непречено и ефикасно, ние на нашите клиенти им нудиме вредност“, вели Клаусен во годишниот извештај на компанијата. на Клаусен. Минатата година банката се пофали со вкупни оперативни приходи од 2.47 милијарди евра, средства во висина од 630 милиони евра, 29 429 вработени и најголема база на клиенти во финансискиот сектор во нордискиот регион. Успехот на Nordea и филозофските убедувања на Клаусен кој има голем углед во Скандинавија, се темели врз обврската на банката кон клиентот. „Имав задоволство да работам во Nordea, која започна од многу силна позиција и ја помина кризата со повратен капитал кој никогаш не падна под осум проценти. Но и покрај тоа, имало периоди кога сме се сомневале во нешто, вклучувајќи го и бизнис моделот. Мислам дека тоа е вистината за сите банки – целата индустрија претставува преиспитување на многу основни прашања“, вели Клаусен. Надминување на тешкотиите Импресивните перформанси на Nordea под водство на Клаусен не минаа без проблеми. Веројатно најголемиот, со кој денес се соочуваат голем дел од банките, се капиталните побарувања. Пример е Шведска, каде зголемувањето на цената на
недвижнините и зголемувањето на јавниот долг, ја поттикна оваа земја да ги зголеми барањата. Во таа насока, Nordea би можела да воведе поригорозни дојдовни ограничувања, кои го поттикнаа Клаусен да воведе низа рестрикции во компанијата, почнувајќи од намалување на работните места, а се со цел зголемување на капиталот, исплата на дивиденда и целокупна ефикасност. Преку овие кратења, Nordea успеа да заштеди околу 210 милиони евра во 2013, но следната година приходот опадна и директно влијаеше врз вредноста на акциите. Сепак безбедноста на банката и зголемената вредност на дивидената се поклопи со заложбата на Клаусен дека „клиентите се над се“. Иако компанијата имаше загуби во одредени области, репутацијата на Клаусен остана непроменета. Тој се надева дека новиот модел ќе поттикне поголема доверба кон банките, продолжувајќи да ја менува перцепцијата дека токму банкарите дејствуваат без почит кон своите клиенти. nnn
Nordea низ бројки:
2000 29, 429 800 2.47 година основана
вработени
филијали
милијарди евра приходи во 2013
е прилагодуваме на тие промени
kонцепт.
Институтот за бизнис образование КОНЦЕПТ заедно со МЦБ едукација од Белград организираат
Академија за контролинг (ниво 1, 2, 3, 4 и 5)
Институт за Бизнис и Корпоративно Образование
КАМБУРИС И БАРБА доо
Институт за бизнис образование КОНЦЕПТ во соработка со МЦБ едукација од Белград, организира Академија за контролинг која е направена по лиценца на германската Controlling Akademie Munich. Таа e соодветна на нивната “Диплома програма”, која е стандардна за германскиот контролинг.
Академијата за контролинг се состои од 5 сесии (тренинзи) по 3 дена: I. Техника во контролингот + Ниво 1 – Контролинг систем + Ниво 2 - Контролинг алатки + Ниво 3 - Контролинг планирање
II. Луѓето во контролингот
+ Ниво 4 - Психологија во контролингот и известување + Ниво 5 - Тимска работа, анализа на проблемот и презентација
НАЧИН НА РАБОТА НА AКАДЕМИЈАТА ЗА КОНТРОЛИНГ + Академијата за Контролинг е соодветна на Controlling Akademie Munich. Сите материјали се преведени на српски јазик и адаптирани на домашната терминологија и окружување. Начинот на работа и методологијата е 100% идентична како и во Минхен. + Ниво 1, 2 и 3 се занимаваат со техничките алатки на контролингот (управувачко сметководство), додека нивоата 4 и 5 се занимаваат со луѓето во контролингот. + Можно е одделно да се посетува техничкиот дел (Ниво 1, 2 и 3) и делот околу луѓето во контролингот (Ниво 4 и 5). + Работа во мали групи, што гарантира висока интерактивност. + Специфика на Академијата е тоа што не постојат PowerPoint слајдови, туку тренерот активно црта и визуелизира. Овој метод се покажа како најдобар начин за пренесување на знаењето. + Академијата за контролинг е исклучително практична со што, покрај цртањето, на тренингот ќе имате прилика да видите и многу ефектни контролинг извештаи изработени во Excel (Ниво 4-Психологија во контролингот и известувањето).
Институт КОНЦЕПТ, Скопје мај - јули 2015 година
Controller Akademie Munich (CA)
Controller Akademie Munich (CA) е основана 1971 година и е најголемата светска компанија специјализирана за обуки за контролинг. CA има повеќе од 50 различни тренинзи за контролинг, а најпозната е по “Диплома програмата“ од 5 нивоа. На CA обуките поминаа повеќе од 50.000 контролери и CA е синоним за “Контролинг на германски начин”. “Диплома програмата” е општ прифатен стандард за контролери во германските компании. http:// www.controllerakademie.de
За кого е наменета академијата?
Академијата е наменета за сите професионалци во контролингот и финансиите: контролерите, шефовите за контролинг, план и анализа, репортинг, економика, перформанс менаџмент, известување, аналитика, буџетирање, sales controlling, CAPEX controlling, фабрички контролери, IT controlling, business inteligence аналитичари, претпријатија кои го имаат имплементирано SAP стандардот и сл.
Ниво 1 - контролинг систем + Контролинг системот l Поставување на цели, планирање и навигација l Принципи на контролингот l Холистички пристап на контролингот l Утврдување на ROI таргетот l Однос помеѓу менаџерите и контролерите
+ Управувачко сметководство l Контролерска коцка на трошоци l Full costing (DM, DL, MOH) или marginal costing (VT, FT). l Планирање на трошоците за кост центрите l Цена на чинење (product costing) l Contribution 1 и контрибуциски P&L
+ Донесување на одлуки во контролингот l Микс на производите l Рабат- колку дополнителни количини се потребни? l Одредување на BEP Break Even Point l Анализа на варијансата
+ Корпоративно планирање l Стратешко, оперативно и реактивно планирање l BCG матрица l Quo vadis матрица l PLC Product Life Cycle l SWOT анализа l Конкурентен профил l Стратешки план за 1 А4 страница
+ Улогата на контролерите l Контролерот како бизнис партнер на менаџерот l Организација на секторот за контролинг
Предавач: Бојан Шчепановиќ е еден од најискусните професионални тренери во Србија од областа на менаџмент, финансии и контролинг, со повеќе од 12 годишно искуство како тренер и над 950 одржани тренинзи. Тој има повеќе од 22 години искуство во областа на финансиите, контролингот и менаџментот, работејќи како сметководител, раководител на сметководствено одделение, контролор, менаџер на контролинг, финансиски менаџер и извршен директор. Има развиено 15-20 различни тренинзи од областа на контролингот, финансиите и менаџментот. Претседател е на Клубот на контролинг професионалци во Србија. Од февруари 2002 е Генерален менаџер на MCB – Menadzment Centar Beograd, специјализирана компанија за едукација на менаџери и личен развој.
n Сите учесници ќе добијат работен материјал на српски јазик, диплома за секое завршено ниво, како и финална диплома за успешно завршување на Академијата за контролинг, а која е еднаква на минхенската диплома. n Работен јазик е српски. За сите дополнителни информации во врска со академијата слободно контактирајте со: м-р Ленче Зиков и Бојана Делидинкова, тел. 02 3216 962 и 02 3216 963, e-mail: institut.concept@gmail.com
t £ £ © ¦ v ¡ t w £ ¢ © £ ¦ ¦ t w £ t t t v ¢ ¦ ¦ } } t t ¦
XXX NBLQSPHSFT DPN NL