www.kapital.mk
interview
l Нов експресен пат Градско - Прилеп
70
милиони евра
l експресен пат
Охрид – Пештани
60
милиони евра
Патрик Житон
l Откуп на стаж
претставник на ММФ во Македонија
50
број 809 | цена 100 ден. | 30 април, 2015 | петок | година 16
Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...
на работници од пропаднати фирми
Владата да не ги крати инвестициите за сметка на сите нови најавени трошења!
милиони евра
l автопатската делница Требениште – Струга
45
милиони евра
www.kapital.mk
Буџетот се прекрои на партиски трибини. Новите ветувања на Груевски тежат над
специјален прилог - Банките и бизнисот
200
милиони евра
Од каде пари?
МАКЕДОНЦИТЕ ТЕШКО
ГИ МЕНУВААТ НАВИКИТЕ СО “ПЛАСТИКАТА“ СО КАРТИЧКИТЕ НАЈМНОГУ СЕ ВАДИ КЕШ ОД БАНКОМАТ
БАНКАРИТЕ ВО ПОТРАГА ПО ФИРМИ ШТО ЌЕ ГИ КРЕДИТИРААТ
НАД МИЛИЈАРДА ЕВРА ВИШОК ПАРИ ИМААТ БАНКИТЕ. ЌЕ ГИ ДАДАТ ЛИ ЗА КРЕДИТИ? КАКВИ ТЕХНОЛОШКИ
НОВИТЕТИ НУДАТ ДОМАШНИТЕ БАНКИ СЕГА? БЕСКОНТАКТНИ КАРТИЧКИ И 24/7 ЕКСПОЗИТУРИ, НА РЕД Е МОБИЛНОТО ПЛАЌАЊЕ
специјален прилог банките и бизнисот Над милијарда евра вишок кај банките. Ќе ги дадат ли за кредити?
Политика: Протести како жестока најава за 17 мај
4
Капитал број 810 08.05.2015
содржина 08 навигатор 12 cover story
Буџетот се прекрои на партиски трибини Новите ветувања на Груевски тежат над 200 милиони евра. Од каде пари?
18 Интервју
Патрик Житон
претставник на ММФ во Македонија
Владата да не ги крати инвестициите за сметка на сите нови најавени трошења!
18
23 специјален прилог 34 Луѓе и компании
банките и бизносоот Додека во регионот се зацврстуваат светските пиварски гиганти Потрошувачката на пиво во Македонија паѓа
38 Капитал анализа Какви "вртоломии" прави власта за да се вдомат партиските кадри?
42 политика
Жестока најава за 17 мај Протестите ја ставаат бриселската излезна агенда во втор план, со сè реконструкцијата на Владата
бизнис финансии 46 иБалкан
Ципрас нуди амнестија за сите кои ќе ги вратат парите во Грција
бизнис 48 Свет и политика
Во ек на преговорите за историски договор за слободна трговија помеѓу САД и ЕУ
42 Скапи ветувања
Според процените на Капитал новите мерки и ветувањата кои премиерот Никола Груевски ги даде од партиските трибини организирани изминатиов месец тежат над 200 милиони евра. Економистите сметаат дека реализацијата на овие мерки, кои се политички мотивирани, ќе направи директен упад во буџетот, а нивната единствена цел е да се амортизира негативното влијание на политичките бомби на опозицијата врз граѓаните и фирмите. XXСтр. 12
Патрик Житон
Во овој момент ние не гледаме никаков конкретен ефект од политичката блокада, но ако тоа се случува за подолг период, некои странски директни инвестиции, но и домашните инвестиции, најверојатно, ќе бидат ставени на чекање, а тоа ќе наштети на страната на понудата во економијата, вели Патрик Житон, претставникот на ММФ во земјава, во интервјуто за Капитал. XXСтр. 18
Цена: Најновите мерки и ветувања на Груевски с
Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје l Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, ка Основач и директор: Љупчо Зиков l Одговорен уредник: Биљана Здравковска Стојчевска l Печати: Графички центар Скопје, ул. Скупи бб, 1000 Скопје l Тираж: 3.000 примероци l Датум на печатење:
5
52 Луѓе и компании
46
10 начини како да заштедите пари во вашиот бизнис
54 лидери
Томас Пикети француски економист
Капитализмот треба да е роб на демократијата, а не обратно!
56 CEO profile
Мерлин Хјусон
54
извршен директор на Lockheed Martin
Челична дама
Протести
Протестот пред Владата одржан во вторникот по објавувањето на „бомбата“ за убиството на Мартин Нешкоски, го става во втор план она што би можело како решение да произлезе од разговорите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во Брисел, односно, деескалацијата, чија почетна точка според одредени најави би подразбирала враќање на опозицијата во Собранието, за што Груевски, за возврат, би требало да жртвува некои од своите најблиски соработници во Владата.
56
XXСтр. 42
Пиво
Домашната потрошувачка на пиво паѓа, велат македонските пиварници, најмногу заради опаднатиот животен стандард и големите рестрикции за продажба на пиво. Зголемената конкуренција од увозните пива исто така им го “загорчува хмељот“ на најголемите домашни производители Пивара Скопје и Прилепска пиварница, кои што не ги кажуваат јавно своите пазарни удели. Во меѓувреме, на Балканот продолжуваат аквизиции на големите пиварници. XXСтр. 34
се директен упад во буџетот што скапо ќе чини
ат 6, стан бр.31 l П. ФАХ 503, 1000 Скопје 07.05.2015
5та Регионална конференција
18-19 јуни 2015 Македонски Народен Театар - Скопје
l Со спојувања и преземања до посилни регионални компании l Како до иновативна туристичка понуда l Стартап сцена во ЈИЕ: будење на претприемачите и како државата може да помогне l Потенцијали на обновливата енергија на Балканот: искуства и перспективи l Турција: прилики за повеќе инвестиции и трговија
OSLOBO\ENJE BH NEZAVISNI DNEVNIK • Sarajevo • www.oslobodjenje.ba
Cijena: 1 KM/6 KN
16. strana
PETAK, 4. 7. 2008.
5. strana
Godina LXV • Broj 22.085
43. strana
www.kapital.mk
Капитал број 810 08.05.2015
8
НАВИГАТОР
график на неделата...
Клубови со најголема вредност во светот Проценета вредност (млрд $)
3,26
3,16
Извор: Forbes
3,1 2,35 1,38
Реал Мадрид
Барселона
Манчестер јунајтед
Баерн Минхен
Манчестер Сити
Реал највреден клуб трета година по ред
агазинот Forbes ја објави својата најнова листа на највредни клубови во светот, која што ја изработува врз основа на моменталната финансиска состојба, М приходот пред оданочување и цената на фудбалерите. Просечната цена на 20 највредни клубови е 1,16 милијарди долари.
3 факти за...
1,3% 25,7% 16,7%
пораст е евидентиран во трговијата на мало во февруари годинава
се зголемила трговијата на големо во февруари
е вкупниот раст на трговијата
> БРОЈКА
10,5%
Извозот паѓа веќе втор Во март падна за 15%!
од вкупниот извоз во првите три месеци е во Западен Балкан
светот низ медиумите... Newsweek
Американскиот магазин ја отвора темата околу подготвеноста на американската војска да се справи со новите предизвици на современото војување ширум светот. Според нивните аналитичари постојаните ограничувања на употребата на сила, ги прави силите на САД се понеефикасни. lll
The Times
Претседателот на европската комисија Жан Клод Јункер предупреди дека англосаксонскиот свет е спремен да се откаже од Еврото што би имало реперкусии врз целокупната европска и светска економија. lll
Gulf News
Лидерите на Блискиот исток преку низа интензивирани самити и средби се обидуваат да најдат заедничко решение за целосно дестабилизирана состојба во регионот. Според коментарите на локалните новинари дојдено е времето за вразумување на лидерите пред да биде предоцна. lll
The Australian
И Австралија се соочува со неопходни буџетски кратења со цел да се ослободи притисокот врз даночните обврзници. Според оптимистичките коментари на властите кратењето од 2% нема посериозно да се одрази врз функционирањето на државниот апарат. lll
И
Извозот на Македонија во март изнесува 350 милиони долари и е за 15% помал во однос на истиот месец лани. Пад има и кај увозот кој во март изнесуваше 570 милиони долари и е за 7,4% помал во однос на ланскиот март. Ако се анализира вкупниот извоз за првите три месеци годинава тој
Бројки:
7,4%
падна увозот во март во однос на истиот месец лани
12,2%
е падот кај извозот на хемиски производи во првите три месеци годинава
изнесува 1,025 милијади долари и е за 8,1% помал од првото тромесечие лани, додека увозот во истиот период е паднат за 14,3%. Најголем пад на извозот во првото
www.kapital.mk
Капитал број 810 08.05.2015
9
проценки... > БРОЈКА
Ѓорѓи Петрушев претседател на Вина на Македонија
Д
о 2020 година најмалку 50% од вкупната количина извезено вино да биде во шишиња, а вредноста на извезено вино да зебележи пораст од 45%”. Ова е целта на здружението Вина на Македонија
70,4% е покриеноста на увозот со извозот во првите три месеци годинава
ВЕСТИ...
р месец. Најголем пад на извозот во првото тромесечие има извозот на нафтени деривати од дури 22%, кој е предизвикан од неработењето на Окта, но пад на извозот има и кај храната од 9,8% и кај извозот на челични производи од 16,1%. тромесечие има ја извозот на нафтени деривати од дури 22%, кој е предизвикан од неработењето на Окта, но пад на извозот има и кај храната од 9,8%, кај извозот на челични производи од 16,1%, кај извозот на хемиски производи (во кои влегува и извозот на Џонсон Мети) од 12,2 %,кај извозот на суровини од 12,8%. Ова е втор месец по ред како што извозот бележи пад. Извозот во февруари беше помал за 11,8% во споредба со истиот период лани. Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, сетови на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, производите од железо и челик (валани производи) и облеката. Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), електричната енергија и другите метали од платинската група и нивните легури, необработени или во облик на прав. Во првите три месеци годинава, најголем дел од извозот од Македонија бил насочен кон земјитечленки на ЕУ 28 (78,7%) и земјите од Западен Балкан (10,5%). Во увозот на стоки најголемо учество имаат земјите-членки на ЕУ 28 (62,8%) и Останати земји, на друго место неспомнати (11.3%). Според вкупниот обем на трговската размена, Македонија најмногу тргува со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Бугарија. Дури 51,6% вкупната надворешно-трговска размена на Македонија е со овие пет земји. nnn
Хан: Сите обвинувања треба да се испитаат во итна истрага
С
итуацијата во Македонија е многу сериозна. Не е повеќе прифатливо за нас да има ситуација во која опозицијата не е во парламентот. Постои и прислушувањето што треба да биде расчистено и за кое е потребна длабока истрага. Апелираме ова прашање политички да се третира во парламентот со креирање Комитет за истрага, но исто така и да се спроведе натамошна истрага на криминалниот случај за ова прашање. Мислам дека ова се предуслови за земјата на нејзиниот пат кон Европа“, истакна еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан околу ситуацијата во земјата. Тој потсет на клучната важност на слободата на мирно протестирање и собирање, како и на слободата на изразување, како што е утврдено во Европската конвенција за човекови права. “Тие мора да бидат основни вредности
на една функционална демократија. Потсетуваме, исто така, на потребата да се избегне каква било несразмерна употреба на сила од страна на органите на прогонот”, смета Хан. Тој во својата реакција потсети дека од политичките чинители се очекува да преземат итна акција за одржливо решавање на актуелната политичка криза, вклучително и преку конструктивен ангажман да се обнови соодветниот политички дијалог и да се врати довербата во институциите. “Нема да ги коментираме индивидуалните аудиоснимки, но потсетуваме дека сите обвинувања за каков било можен престап треба да бидат предмет на итна, независна и транспарентна истрага од страна на надлежните органи“, изјави Маја Коцијанчич, портпаролка на шефицата на дипломатијата на ЕУ, Федерика Могерини и на еврокомесарот Јоханес Хан.
Холандска Антура отвори фабрика за цвеќе во Кочани
Х
оландската компанија „Антура“ ја отвори новата фабрика во општина Кочани. Фабриката која почна да се гради во декември 2013 година веќе има пробно тековно производтсво и околу 150 вработени. „Антхура Интернатионал БВ“ е брзо растечка компанија позиционирана во врвот на глобалната хортикултурна
индустрија, особено во делот на цвеќарството т.е флорикултурата, фирма број еден во светот за одгледување и размножување антуриуми, меѓу најдобрите за орхидеи. Има годишен обрт од над 50 милиони евра и производни локации во Холандија, Германија и Кина во кои има вкупно над 700 вработени.
www.kapital.mk
Капитал број 810 08.05.2015
10 НАВИГАТОР
ИЗЈАВА НА неделата Ништо и од Турски тек!
> БРОЈКА
9,2%
пораснало кредитирањето на бизниси во прв квартал на 2015 во Македонија
Ричард Бренсон
Украина може да и помогне на сопствената економија со легализација на лесните дроги. Подобро тие пари да одат во буџетот, одошто во џебовите на криминалците
претприемач и милијардер
победник на неделата
П
оради тоа што не можат да се договорат руски Газпром и турската државна компанија Ботас, на неодредено време е одложена изградбата на многу најавуваниот гасовод Турски тек. Експертите тврдат дека до откажување на гасоводот кој требаше да биде замена за Јужен тек дошло не само од економски причини, туку и поради заладувањето на
Европската комисија алармира:
Буџетот нема да ги из зголемените трошења Раул Кастро
+
Актуелниот кубански претседател се повеќе излегува од сенката на неговиот многу попознат брат Фидел. Потезите кои Раул Кастро ги влече во последните неколку години од неговото директно владеење покажуваат дека е можно на успешен начин да се балансира помеѓу големите сили во светот без притоа да се подигаат тензиите како што тоа властите во Хавана имаа навика да го прават во минатото. Најголем доказ за тоа се двата последни потези на кубанскиот претседател. Како прво одлуката или договорот со Обама за воведување на бродска линија помеѓу Куба и САД- за прв пат после половина век и како второ одлучноста околу одењето во Москва за прославата на 70 годишнината од победата на Фашизмот- манифестација која многу светски лидери конформистички ја заобиколија. Сето ова сублимирано кажува дека апсолутно е можно да се балансира помеѓу Москва и Вашингтон само ако се има вистинска желба и ако се најде начин за тоа. Раул Кастро со неговите потези докажа и уште една круцијална човекова особина дека е можно и на 80 годишна возраст и после цели 50 години на власт човекот да учи и да се менува на подобро. Карактеристика која очигледно им недостига на многу светски државници, а како последица на сето тоа страда целото глобално општество.
Аиво Орав евроамбасадор во Македонија
Г
З
олем број мерки за зголемување на приходите се планирани за годинава, но тие не можат да го компензираат планираниот пораст на трошоците
зголемувања на социјалните трошоци веќе оставаат последици врз буџетските перформанси во првите два месеци од оваа година. Голем број мерки за зголемување на приходите се планирани за годинава, но тие не можат да го компензираат планираниот пораст на сегашните трошоци, вклучувајќи и ја неодамнешната одлука на Владата за зголемување на социјалните трансфери од јули за 5%, повеќе од предвиденото во буџетот. Оттаму, не зачудува потребата од ребаланс на буџетот, со кој ќе се извршат кратења на капиталните расходи наменети за буџетираното Зголемените трошења на Владата засилување на растот“, пишува во ќе притискаат врз буџетот така што Извештајот на Европската комисија. не зачудува потребата од ребаланс Проценките на Комисијата покажуваат со кој што несомнено ќе се скратат дека економијата ќе расте со исто темпо капиталните расходи клучни за како лани така што Македонија со раст поттикнување на растот, предупредува од 3,8% ќе остане една од земјите со Европската Комисија во својот највисок економски раст во Европа. пролетен извештај за Македонија. Во Извештајот се нотира дека удел во „Неодамнешните и предвидените растот имаат странските иневестиции,
www.kapital.mk
Капитал број 810 08.05.2015
11 односите меѓу Анкара и Москва по неодамнешниот говор на Путин во Ереван, каде го осуди геноцидот врз Ерменците што го извршила турката војска. Така сега наместо да се договори со Москва, Анкара сe повеќе купува течен гас. Очигледно, доаѓа време кога во ова геостратешко надмудрување и Македонија ќе треба стратешки да одлучи како и од кого ќе се снабдува со гас.
> БРОЈКА
мисла на неделата
505,9
Никогаш немој да се откажуваш. Денеска е тешко, утре доаѓа уште полошо. Но на крај сепак сонцето ќе мора да изгрее
милиони евра се странските директни инвестиции во Македонија во 2007 година, најмногу во последниве 10 години
лидери
здржи а на Владата Зголемените трошења на Владата ќе притискаат врз буџетот така што не зачудува потребата од ребаланс со кој што несомнено ќе се скратат капиталните расходи клучни за поттикнување на растот, предупредува Европската Комисија во својот пролетен извештај за Македонија. кои во исто време го зголемиле и извозот. Ланската година, според Европската комисија завршила со буџетски дефицит од 4,2% од БДП, ниво што е повисоко од предвиденото. За годинава се очекува да биде 3,8% од БДП, а догодина 3,6% од БДП. „Значителни буџетски средства и финансирање од страна на претпријатијата во државна сопственост, се наменети за натамошни инвестиции во јавната инфраструктура. Според тоа, фискалниот исход за оваа година може да го надмине дефицитот од 3,3% од БДП поставен како цел“, пишува во Извештајот на ЕК. Во извештајот се нотира дека општиот владин долг ќе расте од 39,1% од БДП годинава на 40,5% од БДП следната година. „Зголемувањето на државниот долг остана ограничен во 2014 година, но задолжувањето на претпријатијата во државна сопственост го зголеми нивото на јавниот долг, како и потенцијалните обврски на владата, која обезбедува гаранции за нивните кредити“, се вели во Извештајот. Комисијата посочува дека иако невработеноста годинава ќе се намали на 27,4% а догодина ќе биде 26,4%, загрижувачки висока е стапката на невработеност кај младите. nnn
Џек Ма основач на Алибаба
губитник на неделата
Џон Донаху
Во првите три месеци од оваа година „eBay" оствари поголема добивка од очекуваната, односно бележи раст од 4,4% во однос на истиот период лани
Веселин Јевросимовиќ
Сопственикот на компанијата Comtrade од Белград на светската јавност и го претстави првиот српски смартфон, Tesla 6
не им беше неделата
Нурхан Изарири
Иако Југохром нема намера да престане да загадува, допрва ќе се свикува седница за да се изгради став што ќе се прави со фабриката
Жан-Мари Ле Пен
Ултрадесничарскиот француски основач на Националниот фронт е исклучен од членството во партијата, и тоа како што вели, по заслуга на сопствената ќерка, инаку лидер на НФ.
_
Гордана Јанкуловска „Материјалите се сечени и креирани. Нема да поднесам оставка“. Ова е ставот на министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, за време на протестите пред Владата каде преку 3.000 граѓани спонтано се собраа, откако лидерот на опозицијата објави снимки од наводни разговорите меѓу Јанкуловска и други владини функционери, за прикривањтео на убиството на Мартин Нешковски. Со ваквата изјава, Јанкуловска не само што не ја смири јавноста, туку го зголеми револтот кај граѓаните, по што протестите пред владата ескалираа. Граѓаните во обид да влезат во владата и директно да побараат оставки од функционерите, ги пробија оградите и ги истуркаа полицајците кон владината зграда, фрлаа со јајца и камења, по што МВР одговори со водени тенкови и димни бомби. Во насока на смирување на состојбата, не оди ниту, ден подоцна, дадената изјава на министерката, која побара да се предадат снимките од, како што ги нарече таа, насилниците, кои треба да одговараат за повредите на полицајците кои биле хоспитализирани, додека одговорност за повредените граѓаните кои беа дел од протестот, изостанува. Ако ова се мерките со кои одговара МВР на протести, со веќе најавените нови собири пред Владата, а и можни контрапротести, може само да се претпоставува до каде може да ескалира ситуацијата. Оттука во јавноста со право се поставуваат дилеми и стравови за тоа дали и колку полицијата може да биде гарант за безбедноста на сите граѓани.
Капитал број 810 08.05.2015
12
www.kapital.mk
COVER STORY
Буџетот се прекрои на партиски трибини
Новите ветувања на Груевски тежат над 200 милиони евра.
Од каде пари?
Според проценките на Капитал новите мерки и ветувањата кои премиерот Никола Груевски ги даде од партиските трибини организирани изминатиов месец тежат над 200 милиони евра, Станува збор за нови ветувања за кои не се предвидени пари во буџетот и кои се даваат во период кога буџетот се соочува со помалку приходи. Економистите сметаат дека реализацијата на овие мерки, кои се политички мотивирани, ќе направи директен упад во буџетот, а нивната единствена цел е да се амортизира негативното влијание на политичките бомби на опозицијата врз граѓаните и фирмите.
Нови ветувања: Проектите вредни над 200 ми
www.kapital.mk
Капитал број 810 08.05.2015
13
В
Што се вети Груевски во изминатиов месец?
пишува:
Биљана Здравковска Стојчевска biljana.zdravkovska@kapital.mk
Нов експресен пат со четири ленти од Градско до Прилеп
70
милиони евра
Изградба на експресен пат Охрид – Пештани
60
милиони евра
Во изминатите месец и половина откако опозицијата засилено почна да ги објавува бомбите, владејачката ВМРО –ДПМНЕ организираше Изградба на експресен повеќе трибини на кои лично пат Штип-Радовиш премиерот Никола Груевски даде многу ветувања и најави еден куп мерки. Ветувања за отворање на многу нови фабрики и нови работни места, субвенции за вработување на милиони евра невработени лица, зголемување на социјалната помош, покажување на платата на администрацијата, нови вработувања, изградба Откуп на стажот на нови локални и регионални на работници од патишта, изградба на нови пропаднати фирми автопати, нови водоводи и канализациони мрежи, зголемување на студентски стипендии, нови таблети за милиони евра студентите, откуп на пензиски стаж...Ветувања со кои од п а рт и ски т р и б и н и целосно и без законски Изградба на делница реба-ланс се прекрои Требениште – Струга годинешниот буџет. И додека најголем дел од анализите во јавноста беа фокусирани на тоа милиони евра колку луѓе ги посетиле овие трибини и на говорот на телото на премиерот и министрите, и дали Изградба на болница ќе се прави ребаланс или не, во во Штип втор план останаа анализите што во суштина ќе значат овие ветувања и нови мерки за компаниите и за граѓаните, како и анализите за тоа што од милиони евра партиски митинзи де факто се вршат исплати од буџетот без за тоа да има реално и законско одобрение од Парламентот.
60
50
45
34
Исплати од буџет на партиска трибина?!
Според анализите на Капитал овие нови ветувања тежат над 200 милиони евра, за кои не се предвидени пари во
Реконструкција на патниот правец Кочани-Делчево
10
милиони евра
Изградба на хидросистемот Равен-Речица
Затворен базен во Охрид
милиони евра
милиони евра
19
илиони евра се упад во буџетот
5
www.kapital.mk
Капитал број 810 08.05.2015
14
COVER STORY
Што се вети Груевски во изминатиов месец? XX Целосна реконструкција на специјалната болница "Свети Еразмо“ – 3,5 милиони евра XX Втора фаза од новата болница во Кичево над 3 милиони евра XX Зголемување на социјалната и постојаната парична помош за 10 % 2 милиони евра XX Реконструкција и изградба на патишта во Тетовско – над 2 милиони евра XX зголемување на платите на полицијата за 15% до 20% во следните две години XX Зголемување за 10% на студентските и ученичките стипендии XX 100% обесштетување на штетите од поплавите XX Зголемување на платите на ИКТ инженерите во државните институции за 30% XX Укинување на обврската за водење на канцелариско и архивско работење за фирми со помалку од 50 вработени XX зголемување на платеното породилно отсуство за мајки кои ќе родат две или повеќе деца од 12 на 15 месеци
За најголем дел од економистите очигледо е дека најголемиот дел од ветувањата на власта дадени во изминативе два месеци се политички мотивирани и со единствена цел да се амортизира негативното влијание на политичките бомби на опозицијата врз граѓаните и фирмите.
буџетот и кои се даваат во период кога буџетот се соочува со помалку приходи. Некои од експертите кои ги консултираше Капитал потенцираат дека станува збор за ветувања кои ќе предизвикаат голем удар врз буџетот. Веќе е сосема е извесно дека ќе биде потребен нов ребаланс со цел во буџетот да се предвидат пари за новите ветувања. Тоа значи дека Владата многу скоро ќе мора да крати кај други ставки или свесно да се одлучи да го зголеми дефицитот во буџетот. Ако се одлучи за кратење на други ставки во буџетот, досегашното искуство покажува дека вообичаено први страдаат ставките за капитални инфраструктурни проекти. Кратењето на капиталните инвестиции ќе значи помалку пари во економијата и забавување на целата економска активност. Другата варијанта е владата свесно да се одлучи да го продлабочи дефицитот во буџетот, што ќе значи поголемо задолжување на државата на домашниот и странскиот пазар за да се покрие дупката помеѓу поголемите трошења и приходите, кои според последните информации од Министерството за финансии почнуваат да се намалуваат, што е директен показател дека економската активност се намалува. Уште поалармантно во целата ситуација е фактот што на партиски трибини се кројат исплати од државниот буџет без за тоа да има законско одобрение од Парлементот. Во такви услови сосема е беспредметна дебатата за тоа дали ќе има ребаланс на буџетот или не, дали ребалансот ќе се прави веднаш или за два месеци... Суштината е дека власта прави
упад во државниот буџет со нови трошења во исклучително сложен економски и политички тајминг, кога засиленото објавување на бомбите од опозицијата во кои се обелоденуваат многу содржини од прислушуваните разговори кои се закануваат да нарушат рејтингот на власта. Суштината е дека кратењето на капиталните трошоци, кое е веќе извесно, ќе ги намали парите кои државата треба да ги врати во оптек и ќе ја забави домашната економија. Суштината е дека поголемото задолжување на државата за да ја покрие поголемата дупка во буџетот ќе остави помалку пари за кредити за фирмите. Во такви услови ребалансот е само форма со која само ќе се потврдат веќе направените незаконски и економски непродуктивни исплати и трошења.
Еве што се вети Груевски
На трибините кои ги организираше ВМРО-ДПМНЕ во изминатите две месеци беа ветени еден куп нови мерки и проекти. Некои од тие ветувања експресно поминаа на владина седница и уште побрзо беа преточени во закон и почнаа да реализираат без за тоа да бидат обезбедени пари во буџетот, односно без Парламентот да одобри пренамена во трошењето на буџетските пари, што е законска обврска. На пример, зголемувањето на социјалната помош наместо 5% како што беше превидено во буџетот, со почетокот од јуни годинава ќе се зголеми на 10%. Мерката за купување на таблети и тастатури за студенти од семејства со помали приходи за една недела од објавувањето се претвори во закон и почна да се применува
www.kapital.mk
Капитал број 810 08.05.2015
15 Уште поалармантно во целата ситуација е фактот што на партиски трибини се кројат исплати од државниот буџет без за тоа да има законско одобрение од Парлементот. Во такви услови сосема е беспредметна дебатата за тоа дали ќе има ребаланс на буџетот или не, дали ребалансот ќе се прави веднаш или за два месеци... Суштината е дека власта прави упад во државниот буџет со нови трошења во исклучително сложен економски и политички тајминг, кога засиленото објавување на бомбите од опозицијата во кои се обелоденуваат многу содржини од прислушуваните разговори кои се закануваат да нарушат рејтингот на власта. во пракса. Мерките во рамките на проектот Македонија вработува со кој се предвидува ослободување на фирмите од плаќање на придонеси ако вработат лица кои се на листата невработени, стартуваше експресно по нејзиното објавување од страна на премиерот. “Позитивната бомба” од премиерот беше и специјалниот експрeсно донесен закон за вработување на над 3.000 волонтери и договорци на дело во јавниот сектор. Дел од мерките кои беа најавени ќе го чинат буџетот неколку десетици милиони евра, кои ако се реализираат би предизвикале прилично пореметување во буџетот, но и во економијата. На пример, на една од последните трибини премиерот Груевски ја најави можноста за откуп на стаж. Оваа мерка, која според
премиерот на Груевски се носи на барање на голем број работници од пропаднати фирми, кои поради стечај или од други причини подолго време не постојат или не работат, ако се реализира ќе го оптерети Фондот за пензиско и инвалидско осигурување со нови 20 илјади пензионери. Проценките се дека оваа мерка ќе чини околу 50 милиони евра. Она што е најпроблематично е што оваа мерка се најавува во време кога Фондот за пензиско осигурување едвај ги исплатува постојните пензии, односно за да може редовно да ги исплати од буџетот се префрлаат половина од парите потребни за пензии. Според Патрик Житон, претставник на ММФ во земјава, трансферите за пензии кои се прават од буџетот во Македонија веќе се едни од највисоките во регионот. “Пензиските трошења во Македонија како
дел од вкупните трошоци на Владата се веќе едни од највисоките во регионот. Ова создава дополнителни ограничувања на фискалната политика и повикува на фискална внимателност”, вели Житон во интервјуто за Капитал. На трибината во Охрид беше најавена и изградбата на експресниот пат Охрид – Пештани во должина од 14,5 километри, која според премиерот, ќе започне да се гради до крајот на годинава, а во што ќе бидат инвестирани околу 60 милиони евра. Според најавите наесен се очекува да биде распишана постапката за избор на изведувач на градежни работи, а до крајот на годината ќе се започне изградбата на оваа значајна патна делница, која според Груевски, ќе биде од корист за Охриѓани, но и за развој на туризмот во регионот.
Финансии: Приходите од ДДВ се под проектираните
www.kapital.mk
Капитал број 810 08.05.2015
16
COVER STORY
Најавена беше и автопатска делица на потегот Требениште-Струга, кој според проценките ќе чини 45 милиони евра. Премиерот Груевски на трибината во Охрид ја најави и можноста за плаќање на неплатените придонеси за пензиско и инвалидско осигурување на рати, најмногу до 24 месеци и ослободување од камата доколку се платат заостанатите придонеси за пензиско и инвалидско осигурување. Според премиерот Груевски ова ќе биде значително олеснување за приватниот сектор и за сите оние кои биле погодени од светската економска и европската должничка криза и кои поради тоа западнале во неволја и не можеле да ги платат придонесите за себе и своите вработени. За оваа мерка нема најави какви ефекти ќе има врз буџетот, но, со неа се ставаат во неповолна ситуација сите компании кои редовно плаќаат ДДВ, а исто така се намалуваат приходите во буџетот кои државата требало да ги собере по основ на овој данок. На овој митинг премиерот Груевски најави и зголемување на платите на ИКТ инженерите во државните институции за 30%. Оваа мерка сигурно ќе ги зголеми трошоците за плати на администрација, но не може да се направи проценка за колку точно, бидејќи не постои јавно достапна евиденција колку вкупно ИТ техничари се вработени во државната администрација. Беше ветена и изградба на затворен базен во Охрид, кој според најавите ќе почне да се гради до крајот на годинава, и кој ќе чини пет милиони евра. Се најави и целосна реконструкција на објектот на специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“,која според најавите ќе чини 3,5 милиони евра. Втората фаза од изградбата на новата болница во Кичево, за која премиерот објави ќе почне до крајот на годинава, над 3 милиони евра На трибината во Прилеп премиерот Груевски најави изградба на нов експресен пат со четири ленти од Градско до Прилеп, кој ќе чини 70 милиони евра. Од трибината во Прилеп Груевски на сточарите им вети субвенции во висина од 50% од трошоците за набавка на расен добиток, како и зголемување на платеното породилно отсуство од работа од сегашните 12 на 15 месеци, значи дополнителни 3 месеци, за мајките кои ќе родат 2, 3 или повеќе деца одеднаш, со цел да се овозможи мајката да има подолг период за грижа и развој на децата. Од партиската трибина во Штип премиерот Груевски вети дека Владата ќе изврши целосно, 100 % обесштетување на луѓето чија земја и имоти настрадаа во неодамнешните
поплави. Вети дека во април почнуваат градежните работи за надградба на патната делница Карбинци- Зрновци-Виница во должина од над 10 километри и вредност од околу 1 милион евра. За патниот правец Кочани, Каменица, Делчево, кој е во должина од 30 километри, премиерот вети дека кон крајот на годината ќе започнат градежните работи за темелна реконструкција и модернизација на патниот правец, инвестиција во вредност од 10 милиони евра. До крајот на годината според премиерот треба да почне реализацијата на експресниот пат од Штип до Радовиш, со четири ленти, и должина од околу 40 километри, вреден 60 милиони евра, за кој како што беше кажано, се уште се прават напори да се обезбедат пари. За јуни или јули премерот Груевски го најави и изборот на најповолен понудувач за изградба на болницата во Штип, која ќе се простира на 30.000 метри квадратни и која ќе чини 34 милиони евра. ОД партиската трибина во Штип беше најавена и мерката усогласување на платите на униформираните и овластените лица во МВР со платите на униформираните и овластените лица во Царина. Со оваа мерка се предвидува вкупно зголемување на платите за периодот април 2015 – декември 2017 за 15% до 20%, односно по околу 3.000 денари по работник месечно. И оваа мерка почна да се применува веднаш штом ја соопшти премиерот, односно платите исплатени за мај на над 10 илјади полицајци беа повисоки за околу 5%. И покрај овие ветувања кои директно ќе го оптерерат Буџетот, премиерот на партиски трибини изминатиов месец најави и влез на десетици нови странски инвестиции кои ќе отворат неколку илјади работни места.
Приходите во буџетот се намалуваат !
Најновите податоци од Министерството за финансии за состојбата на Буџетот во првиот квартал годинава покажуваат дека се остварени вкупни приходи од 614 милиони евра, но затоа, пак, се потрошени 717 милиони евра, при што е создаден буџетскиот дефицит од 102 милиони евра. Ако се гледаат приходите, според експертите, загрижува трендот на пад на приходите кај данокот на додадена вредност (ДДВ). За три месеци од ДДВ се собрани 151 милион евра што е под проекциите. Овој тренд на намалување на приходите во Буџетот од ДДВ, почна уште лани кога на крајот на годината беа реализирани 10 милиони евра помалку од планираното, што беше оправдано со континуираниот пад на цената на нафтата и дериватите на светските
берзи. Годинава состојбата со светските цени на нафтата и дериватите не е драстично променета што значи дека и годинава во Буџетот ќе има помали приливи на пари од ДДВ. Во ситуација кога приходите од ДДВ, кој е најголемиот полнач во буџетот се намалуваат, најавата за нови мерки и проекти вредни над 200 милиони евра може да се толкува и како своевиден упад во буџетот. Оттука, оправдани се дилемите во јавноста дали и од каде ќе се обезбедат пари за новите ветувања на премирот Груевски. „Сите најавени мерки пред да се најават се направени добри анализи за тоа колкави средства се потребни и од каде ќе се обезбедат. Дел од средствата зависно од износот, каде што се работи за помал износ ќе се обезбедат со внатрешни заштеди во рамките на институциите, а за дел од средствата ќе се искористи вишокот на приходи“, е објаснувањето од Министерството за финансии. Уште еден факт кој покажува дека полнењето на буџетот оди се потешко е податокот дека Владата во изминатите месеци засилено се задолжува кај домашните кредитори со износи кои се двојно повисоки од потребните за отплата на достасаните долгови. Само минатиот месец Владата на домашниот пазар се задолжи со 241 милион евра, а беше планирано да се задолжи со 120 милиони евра. По основ на доспеани долгови Владата врати 178 милиони евра, при што наместо намалување на задолженоста, таа во март се зголеми за 63 милиони евра. Овој тренд, според експертите, алармира на ликвидносни проблеми на Буџетот. Уште еден проблем во буџетот, на кој подолго време апелираат и експертите од ММФ, е слабата дисциплина и неточното фискално прогнозирање. Од канцеларијата на ММФ во Скопје посочуваат дека буџетските таргети беа промашувани во текот на изминатите години. “Ова ја илустрира потребата за веродостојно фискално прогнозирање и силна дисциплина во извршувањето на буџетот”, посочуваат од ММФ и предупредуваат власта да не ги намалува капираолните инвстиции, како што тоа го правела во минатото. За најголем дел од економистите очигледо е дека најголемиот дел од ветувањата на власта дадени во изминативе два месеци се политички мотивирани и со единствена цел да се амортизира негативното влијание на политичките бомби на опозицијата врз граѓаните и фирмите. nnn
ММФ: Потребна е дисциплина во извршувањето на буџетот
Капитал број 810 08.05.2015
18
www.kapital.mk
interview
Житон: Политичките неизвесности најверојатно и пон
www.kapital.mk
Капитал број 810 08.05.2015
19
Патрик Житон претставник на ММФ во Македонија
Владата да не ги крати инвестициите за сметка на сите нови најавени трошења! Се надеваме дека македонските партии ќе најдат решение за политичката криза за да се спречи ризикот врз економскиот раст. Сегашната ситуација создава неизвесност, а неизвесноста, генерално, не е пријател со инвестициите и потрошувачката. Во овој момент ние не гледаме никаков конкретен ефект од политичката блокада, но ако тоа се случува за подолг период, некои странски директни инвестиции, но и домашните инвестиции, најверојатно, ќе бидат ставени на чекање, а тоа ќе наштети на страната на понудата во економијата. Политичките неизвесности исто така најверојатно и понатаму ќе ги компликуваат изгледите за членство во ЕУ.
Г разговарал
Александар Јанев
aleksandar.janev@kapital.mk
XX Г-не Житон, најновите проценки на ММФ за македонската економија се пораст од 3,8% годинава што е всушност најоптимистичка прогноза во регионот. На што го темелите овој оптимизам? Од каде ќе дојде овој раст? Проектираниот раст е навистина силeн. Тој е поддржан од страна на јавните инвестиции во инфраструкт урата, континуираното заживување на приватните кредити и постојан пад на невработеноста.
Поддршката од страна на монетарната и фискалната политика придонесе кон овие случувања. На надворешен план, новите извозни капацитети создадени од неодамнешните странски директни инвестиции, како и пониските цени на нафтата, исто така, ќе обезбедат поддршка за раст. Во регионот, само економијата на Црна Гора е проектиранo да расте со побрзо темпо оваа година XX Колку овој економски раст може да го подобри животниот стандард на граѓаните? Може ли да се каже дека тие ќе живеат подобро од лани? Економскиот раст е потребeн за подобрувањето на животниот стандард, но истиот не секогаш дава еднакви придобивки за сите. Периодите на силен раст, исто така, може да бидат периоди на зголемување на нееднаквоста. Тоа е она што се случи во регионот во после 2000 година. Нееднаквоста во доходот и понатаму останува висока во Македонија според регионалните стандарди. Тековното намалување на невработеноста најдобро ќе придонесе за зголемување на доходот и намалување на сиромаштијата доколку работните места се создаваат во сектори со висока продуктивност. XX Кои се најголемите опасности
со кои може да се соочи македонската економија? Постојат одредени ризици со различни веројатности и со различно влијание. За мала отворена економија, каква што е Македонија, надворешните шокови претставуваат секогаш значаен ризик за општите економски изгледи на земјата. Тие главно се однесуваат на силата на економијата во еврозоната и на неизвесности во врска со идниот тек на цените на нафтата. Врз основа на најновите проекции на Светскиот економски преглед на ММФ, и двата ризика се повеќе во нагорна линија, бидејќи растот во еврозоната е проектиран да се зајакне поддржан од ниските цени на нафтата. Исто така, негативен шок може да биде и прелевањето од грчката криза. Постојат и други глобални негативни ризици, но тие се многу индиректни за Македонија: оние кои се однесуваат на геополитичките тензии, можни изненадувања на патот на монетарната нормализација во САД, како и стагнација и ниска инфлација во развиените економии. На домашна страна, пролонгираната политичка неизвесност може да има негативно влијание врз довербата. XX Колку ве загрижува политичката криза во Македонија и колку таа
натаму ќе ги компликуваат изгледите за членство во ЕУ
www.kapital.mk
Капитал број 810 08.05.2015
20
interview Ако нема зголемување на даноците, потребен е сеопфатен преглед на трошењата XX Какви се вашите оценки за начинот на трошење на парите што ги позајмува Владата? Може ли да се каже дека задолжувањето е економски оправдано со оглед на тоа колку државата вложува во капитални објекти? адолжувањето би требало примарно да финансира високо продуктивни трошоци што имаат повисоки стапки на поврат кога ќе дојде време за отплата на долгот. Апелираме за консолидација на јавните финансии кои треба да ги таргетираат непродуктивните расходи и да остават повеќе простор за трошења кои се сероизни потреби за Македонија, како што се тоа развојни проекти, образование и здравствени услуги. Доколку нема промени во даночната политика во правец што ќе доведе до зголемување на приходите, потребен е сеопфатен преглед на трошењата. Претстојниот Преглед на јавните финансии предводен од Светската банка може да биде корисен водич при донесување одлуки во овој поглед. Исто така, клучна област за оптимизирање на економскиот придонес од задолжувањето претставува силна рамка за јавните инвестиции: јасни и транспарентни постапки за оценување, избор, приоритет и следење на јавните инвестициски проекти би требало да овозможат долгорочно повисок економски поврат.
З
може да ја загрози економијата? Се надеваме дека македонските партии ќе најдат решение за политичката криза за да се спречи ризикот врз економскиот раст. Сегашната ситуација создава неизвесност, а неизвесноста, генерално, не е пријател со инвестициите и потрошувачката. Во овој момент ние не гледаме никаков конкретен ефект од политичката блокада, но ако тоа се случува за подолг период, некои проекти на СДИ и домашните инвестиции, најверојатно, ќе бидат ставени на чекање, а тоа ќе наштети на страната на понудата во економијата. Политичките неизвесности исто така најверојатно и понатаму ќе ги компликуваат изгледите за членство во ЕУ. XX Колку ММФ е загрижен од содржината на снимките што ги обелодени опозицијата за состојбите во државниот буџет и начинот на трошење на јавните пари? Подобрување на управувањето со јавните финансии и понатаму останува високо на агендата. Ова подразбира фискално известување од висок квалитет, сеопфатно и веродостојно фискално прогнозирање и буџетирање, како и силна рамка за анализа
и управување со фискален ризик. Овие водечки принципи се истакнати во новите Правила за фискална транспарентност на ММФ. XX Колку сметате дека буџетот може да ги издржи сите последни јавни ветувања на власта за нови вработувања во јавниот сектор, зголемување на социјалната помош, купување таблет компјутери за студентите, повисоки стипендии? Буџетските таргети беа промашувани во текот на изминатите години. Ова ја илустрира потребата за веродостојно фискално прогнозирање и силна дисциплина во извршувањето на буџетот. Во однос на овие новонајавени трошења, или се истите обезбедени со тековниот буџет донесен од страна на Собранието, или пак не. Доколку не се обезбедени, ќе треба да се направи некој простор во рамките на постоечкиот лимит за тековни трошоци со цел да се избегне какво било намалување на инвестициските трошоци, како што тоа се случи во минатото. Една од нашите препораки е дека доколку приходите се подобри од очекуваното, парите треба да се користат за намалување на фискалниот
дефицит наместо за зголемување на трошоците. Зошто повикуваме на фискална консолидација? Бидејки подобрените економски изгледи претставуваат вистинско време да се направи тоа. Доколку во иднина се случи некој економски шок, на владата ќе и бидат потребни одредени маргини за стимулирање на побарувачката без креирање на дополнителен дефицит и доведување на јавниот долг до неодржливо ниво. Исто така, повеќе од структурна перспектива, политиките треба да се подготват за справување со неизбежни притисоци од постојаните трошоци за пензии и здравствената заштита заради стареењето на населението. Пензиските трошења во Македонија како дел од вкупните трошоци на владата се веќе едни од највисоките во регионот. Ова создава дополнителни ограничувања на фискалната политика и повикува на фискална внимателност. XX Владата неодамна целосно го отплати долгот кон ММФ, меѓутоа, Фискалната стратегија открива дека задолжувањето во следните две години значително ќе се зголемува. Министерството за финансии планира да позајми 1,25
Житон: Гледаме зголемување на ризиците кај долго
www.kapital.mk
Капитал број 810 08.05.2015
21 Буџетските таргети беа промашувани во текот на изминатите години. Ова ја илустрира потребата за веродостојно фискално прогнозирање и силна дисциплина во извршувањето на буџетот. Во однос на овие новонајавени трошења, или се истите обезбедени со тековниот буџет донесен од страна на Собранието, или пак не. Доколку не се обезбедени, ќе треба да се направи некој простор во рамките на постоечкиот лимит за тековни трошоци со цел да се избегне какво било намалување на инвестициските трошоци, како што тоа се случи во минатото. милијарди евра до 2017 година, ќе може ли без проблем да ги обезбеди овие пари? Финансирањето веројатно ќе се случува како комбинација од издавање домашни хартии од вредност (иако постојат лимити колку банките можат да поседуваат државни хартии од вредност), заеми од меѓународни и европски јавни финансиски институции, како и заеми од меѓународни комерцијални кредитори вклучително и преку запишување на еврообврзници со оглед дека намерата на властите е се повеќе да се потпираат на надворешно финансирање. Потребите за финансирање за оваа година се покриени. XX Овие задолжувања, според владината Фискална стратегија, ќе го зголемат јавниот долг во следните две години над 5 милијарди евра, односно 50% од БДП. Колку ве загрижува ова ниво на задолженост? Соодветното, безбедно ниво на јавен долг зависи од специфичните околности на земјата, вклучително и од она што стои во позадина на зголемувањето на долгот. Во однос на сегашната политика, долгот на општата Влада и нивоата на долгот на јавниот сектор можеби не се покажуваат неодржливи, но ние гледаме зголемување на ризиците во следниот контекст: упорна ниска инфлација со што се зголемува товарот на долгот во реални услови, високата стапка на долгот во странска валута, се уште високи финансиски потреби во текот на годината, и позабавено враќање кон ниски дефицити. Во контекст на политиката на фиксен девизен курс, неопходна е внимателност за мала и отворена економија, енергетски зависна, во која средствата и депозитите на финансискиот систем, во странска валута, имаат значително учество. Со оглед дека увозот на земјата е поголем од нејзиниот извоз, а приватните капитални приливи остануваат ниски, нивото и валутната структура на задолжувањето на јавниот сектор остануваат клучните фактори на фискална и надворешна одржливост. nnn
Долгот на корпоративниот сектор изнесува околу 65% од БДП XX Во еден од вашите последни извештаи за Македонија забележувате дека фирмите овде работат во исклучително тешки финансиски услови. Како може да се надмине овој проблем со неликвидноста?
П
роблемите со ликвидноста на домашните приватни компании претставуваат ризик за приватните инвестиции и може да и наштетат на транзицијата кон раст пред се предводен од домашниот приватен сектор. Во извештајот на ММФ, ние всушност се повикуваме на поново истражување од страна на НБРМ кое укажува дека билансите на корпоративниот сектор, особено на малите и средни претпријатија, и понатаму се затегнати. Тоа покажува дека долгот на корпоративниот сектор изнесува околу 65% од БДП и во најголем дел се деноминирани во странска валута и со променливи каматни стапки. Тешкотијата за сервисирање на долгот се појавува поизразенo кaj група на мoќни микро претпријатија, која продолжи да објавува загуби во 2013 година. Генерално, се чини дека фирмите работат под силни ликвидносни ограничувања, кога во просек потребно е да се чека околу четири месеци за да се наплати побарувањето. Најмногу беа погодени секторите градежништво и промет со недвижности. Освен олеснетиот пристап до банкарско финансирање, навремената исплата меѓу приватните компании како и од страна на јавните институции би го ублажила овој проблем со ликвидноста.
от на јавниот сектор
22
Капитал број 810 08.05.2015 издава: Капитал Медиа Гроуп основан 1999 година основач: Љупчо Зиков бул. ВМРО бр.7, зграда 1, влез 1, кат 6, стан бр.31
тел. ++ 389 2 3280 910 www.kapital.mk www.facebook/KapitalMK
WWW.KAPITAL.MK
Претплатете се на КАПИТАЛ...
И
COVER STORY
ВО СЛЕДНИТЕ ДВЕ ГОДИНИ
МАКЕДОНИЈА ЌЕ СЕ ЗАДОЛЖИ СО
1,25
Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...
БРОЈ 808 | ЦЕНА 100 ДЕН. | 24 АПРИЛ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16
дејата и визијата за тоа што сакаат да направат, беше највредниот капитал кој го поседуваа луѓето што ја почнаа приказната милијарди евра за Капитал пред повеќе од 15 години. Со макотрпна и посветена работа на својот тим, магазинот се наметна како еден од најрелевантните извори на квалитетни информации во Македонија милиони евра од и регионот, значајни за приватниот, јавниот и ДОМА невладиниот сектор. Да се биде лидер на пазарот во својот сегмент е голема чест и задоволство, но и голема обврска кон сите што секоја недела нетрпеливо милиони евра од СТРАНСТВО го чекаат Капитал да ги информира за економските проблематики и актуелности, но, и да ги едуцира со своите содржини за најновите трендови. Капитал се чита во директорски канцеларии, Капитал СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ се чита во кабинети на политичари, Капитал се чита KОЈ Е КОЈ ВО ГРАДЕЖНАТА ИНДУСТРИЈА? на универзитети, институти, “тинк-тенк” центри.... ПАНИКА: БАЛКАНОТ ЌЕ СЕ ПРЕПЛАВИ СО ЕВТИНО ЕВРОПСКО МЛЕКО! едноставно Капитал е секаде кај што се со годишна донесуваат одлуки и креираат п ретплата од политики и стратегии.
590
WWW.KAPITAL.MK
660
специјален прилог - градежништво
КОЈ Е КОЈ
ВО ГРАДЕЖНАТА ИНДУСТРИЈА? НОВИОТ ГРАДЕЖЕН
НОВИТЕ СТАНОВИ
ИНДУСТРИЈАТА ЗА
КОИ ПРОИЗВОДИ
денари, заштедете
24 месечна претплата 6.100 денари со вклучени 40% попуст
WWW.KAPITAL.MK
ММФ
281,8
? во што е проблемот
И ПОКРАЈ СИТЕ ПОВОЛНОСТИ, СТРАНЦИТЕ ГИ ВАДАТ ПАРИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА
МИЛИОНИ ЕВРА ОДЛЕАНИ КАКО ДИВИДЕНДИ ЛАНИ Зошто инвеститорите лани одлучиле да го репатрираат профитот што го создавале сите претходни години?!
ХУАН ПЕДРО ХИМЕНЕЗ НАВАРО INTERVIEW директор на АрцелорМитал-Скопје СО ИНВЕСТИРАЊЕ ВО НОВИ ПРОИЗВОДИ ГИ НАДМИНАВМЕ ПРЕДИЗВИЦИТЕ ИЛОН МАСК: СУПЕР-ПРЕТПРИЕМАЧ КОЈ ПРАВИ ПАРИ СПАСУВАЈЌИ ГО СВЕТОТ
КАПИТАЛ НА ПРЕСТИЖНА КОНФЕРЕНЦИЈА ВО ВИЕНА
МАКЕДОНИЈА И ЗАПАДЕН БАЛКАН НЕ ГИ ДОВРШИЈА РЕФОРМИТЕ
АНАЛИЗА: ЏУМАЈЛИЈА ПОВТОРНО ЌЕ СЕ ДАВА ПОД КОНЦЕСИЈА
WWW.KAPITAL.MK
WWW.KAPITAL.MK
ДУРИ
STARTUP МАКЕДОНСКИ СТАРТАПИ УСПЕВААТ ДА ДОБИЈАТ ПАРИ ОД СТРАНСКИ БИЗНИС АКЦЕЛЕРАТОРИ
СЛУЧАЈ: МАКЕДОНСКИ БИЗНИС Фирмите чекаат на Господ, Директорите се крстат!
АНАЛИЗА
WWW.KAPITAL.MK
ПОЛИТИКA МОЖНО ЛИ Е НА МЕСТОТО НА ЗВРЛЕВСКИ ДА ДОЈДЕ ОБВИНИТЕЛ ОКОЛУ КОЈ ЌЕ СЕ СЛОЖАТ ГРУЕВСКИ И ЗАЕВ?
COVER STORY
МАКЕДОНСКАТА ИНДУСТРИЈА РАБОТИ СО МАШИНИ СТАРИ НАД ДВЕ ДЕЦЕНИИ
ШТО СЕ КРИЕ ЗАД НОВИТЕ БРАНУВАЊА ПОД ПОВРШИНАТА НА МЕЃУЕТНИЧКИТЕ ОДНОСИ ВО МАКЕДОНИЈА?
ЧЕТВРТА РЕГИОНАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА БИЗНИС ПЛУС ВО БЕЛГРАД
WWW.KAPITAL.MK
Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...
со вклучени 20% попуст
Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...
12 месечна претплата 4.100 денари
Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...
4.100 20%
6 месечна претплата 2.200 денари со вклучени 15% попуст
И ИНДУСТРИИ СЕ ВКЛУЧЕНИ ВО ИЗГРАДБА НА ЕДЕН СТАН?
БРОЈ 800 | ЦЕНА 100 ДЕН. | 27 ФЕВРУАРИ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16
Во време кога квалитетната информација е најскапоцен ресурс, не дозволувајте да останете без најскапоценото. Станете и вие дел од семејството на редовни читатели на Капитал и искористете ги поволните пакети за претплата што ги подготвивме за вас.
СЕ 80% МАКЕДОНСКИ ПРОИЗВОД
БРОЈ 803 | ЦЕНА 100 ДЕН. | 20 МАРТ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16
ГРАДЕЖНИ МАТЕРИЈАЛИ РАБОТИ СО ПОЛОВИЧЕН КАПАЦИТЕТ
ЧЕТВРТА РЕГИОНАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА БИЗНИС ПЛУС ВО БЕЛГРАД COVER STORY МОЖЕ ЛИ БИЗНИСОТ ДА ПИЛОТИРА ВО ПОЛИТИЧКИТЕ ТУРБУЛЕНЦИИ?
БРОЈ 803 | ЦЕНА 100 ДЕН. | 20 МАРТ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16
БУМ ЌЕ ЈА РАЗДВИЖИ ЕКОНОМИЈАТА
ПОЛИТИКА ДАЛИ ГЕРМАНИЈА НАМЕТНУВА НОВА ИГРА НА ДОВЕРБА МЕЃУ СКОПЈЕ И АТИНА?
WWW.KAPITAL.MK
INTERVIEW
ВЛАДИМИР ГЛИГОРОВ
ПРОФЕСОР НА ВИЕНСКИ ЕКОНОМСКИ ИНСТИТУТ
Македонија ќе го урне својот углед ако на политичката криза даде недемократски одговор! АНАЛИЗА
ПАЃА МАКЕДОНСКИОТ ИЗВОЗ НА БАЛКАНОТ
СЕ БОРИМЕ ЗА ИЗВОЗ ВО ДУБАИ И КАТАР, А ЗАБОРАВАМЕ НА СРБИЈА И БУГАРИЈА
ТУРЦИЈА: КАКО ДА СЕ ЗГОЛЕМAT ИЗВОЗОТ И ИНВЕСТИЦИИТЕ?
*Во цената е вклучен ддв и платена поштарина
...заеднички ја креираме додадената вредност на нашите животни проекти...
Капитал број 810 08.05.2015
34
www.kapital.mk
Луѓе и компании
Додека во регионот се зацврстуваат светските пиварски гиганти
Потрошувачката на пиво во Македонија паѓа
Домашната потрошувачка на пиво паѓа, велат македонските пиварници, најмногу заради опаднатиот животен стандард и големите рестрикции за продажба на пиво. Зголемената конкуренција од увозните пива исто така им го “загорчува хмељот“ на најголемите домашни производители Пивара Скопје и Прилепска пиварница, кои што не ги кажуваат јавно своите пазарни удели. Во меѓувреме, на Балканот продолжуваат аквизиции на големите пиварници, како онаа на словенечка Пивоварна Лашко од страна на холандски Хајнекен, со што позициите на светските пиварски гиганти уште повеќе се зацврстуваат во регионов.
Нови играчи: Две нови домашни пива се по
www.kapital.mk
Капитал број 810 08.05.2015
35 пишува:
П Игор Петровски
igor.petrovski@kapital.mk
Пазарот на пиво во Македонија е во стагнација независно од напорите на пиварската индустрија за негово раздвижување со бројни иновации и зголемена конкуренција, коментираат од домашните пиварници. “Македонија има едно од најниските нивоа на консумација по глава на жител во Европа, од 26 литри. Од 2008 година пазарот дополнително опаѓаше под влијание на законската регулатива за рестрикции во продажбата во продажниот канал трговија и зголемувањето на акцизата пред две години.“, велат од Пивара Скопје, најголемиот производител на пиво во земјава. Затоа, според нив, главните предизвици за пиварските компании во Македонија следниот период ќе биде како да се зголеми потрошувачката на пиво во тие околности. Во Пивара Скопје велат дека за развој на пазар со ниска консумација како домашниот, клучни се иновациите и креирањето потреби за нови вкусови, нови категории на пива и нови прилики за консумација на пиво. И од вториот по големина производител во земјава, Прилепска пиварница, добивме коментар дека го чувствуваат општиот пад на потрошувачката на пиво по глава на жител во однос на изминативе години. “Во ваков згуснат простор, активни домашни брендови и големо присуство на странски брендови, да се развива сопствен бренд, да се одржува и да се зголеми пазарниот удел е навистина голем предизвик. На пазар со едвај 2 милиони жители, пазар со огромни рестрикции за продажба на пиво, каде што имаме едни од највисоките даноци по литар продадено пиво и каде куповната моќ на населението се намалува, да се порасне?! На тоа би ја додале и конкуренцијата која секако придонесува борбата за пазарен удел да биде уште поголема. Но, конкуренцијата постои на секој слободен пазар и нејзината улога е добредојдена, под услов да е законска и фер“, велат од Прилепска пиварница.
Македонците се слаби пивопијци
Чешка ГЕРМАНИЈА АВСТРИЈА ХРВАТСКА СРБИЈА МАКЕДОНИЈА Нови играчи
На овој згуснат простор како што велат од Прилепска пиварница, се појавуваат уште двајца нови домашни играчи, пивото Староградско, што го лансираше Горска на почетокот од годинава, како и пивото што го подготви Кожувчанка, кое што заради извесни технички проблеми стагнира со
140 л. по глава на жител годишно 133 л. по глава на жител годишно
111 л. по глава на жител годишно
80 л. по глава на жител годишно
70 л. по глава на жител годишно
26 л. по глава на жител годишно
промоцијата, иако во неколку градови во источна Македонија веќе го пуштија во продажба. Староградско се промовира како единственото непастеризирано пиво во земјава, во т.н. премиум сегмент на пива, со амбиција, како што рекоа од Горска, да станат најдоброто домашно пиво. Во Кожувчанка,
ојавија на македонскиот пазар годинава
www.kapital.mk
Капитал број 810 08.05.2015
36
Луѓе и компании
Поместувања на регионалниот пивски пазар
И Словенците ги продадоа своите најголеми пиварници По 20-тина години одолевање на влезот на светските пиварски концерни во земјата, водечкиот словенечки производител на пиво Пивоварна Лашко ги продаде своите акции на холандскиот концерн Хајнекен
Х
оландскиот пиварски концерн Хајнекен кон средината на месец април годинава го заби своето знаменце на уште една екс југословенска земја каде што ќе има свое производство – покрај Македонија, Хрватска и Србија, во портфолиото ја додаде и Словенија. Тамошната групација Пивоварна Лашко, која што беше во мнозинска сопственост на неколку словенечки банки и инвестициски фондови продаде 51% од своите акции од пивскиот бизнис (групацијата поседува и други бизниси, н.з.) за 114 милиони евра, а подоцна ќе мора да даде обврзувачка понуда и за останатите акции, што значи дека целосната вредност на оваа аквизиција би била околу 230 милиони евра. Групацијата Лашко, со своите две пивари, Лашко во Цеље и Унион во Љубљана е најголемиот производител на пиво во Словенија,
како што најави сопственикот и директор Митко Јанчев, не планираат да направат некој бум и да бидат остра конкуренција на постарите брендови, туку да почнат една традиција на производство на македонско пиво во пивари од помал обем. “Со по 5-6 милиони литри годишно, со тенденција на подолг рок преку соработка со регионални партнери, да произведуваме и нивни брендови што во моментов само се увезуваат“, рече Јанчев во неодамнешното интервју за Капитал.
Најголемите домашни пиварници не ги кажуваат пазарните удели
Во меѓувреме останува главната битка на пазарот да ја водат Пивара Скопје и Прилепска пиварница, кои што во моментов не го откриваат своето пазарно учество, а од она што го знаеме како најнови податоци, сè уште доминантната улога ја има Пивара Скопје, со двојно поголем
со годишна продажба на пиво од околу 90 милиони евра (продажбата на ниво на групација е околу 215 милиони евра во 2014 година) и Хајнекен со нејзиното купување практично добива најголем дел од словенечкиот пазар за пиво, каде што сега ќе може подобро да ги позиционира и своите носечки брендови. Хајнекен е присутен во Македонија преку сопственоста врз Пивара Скопје, најголемиот производител на пиво во земјава, во Србија е мнозински сопственик на Уједињене српске пиваре со 72% (остатокот го поседува пазарен удел од оној на прилепските конкуренти. На двете најголеми домашни пиварници, Пивара Скопје и Прилепска пиварница, им го поставивме истото прашање - Колкав дел од домашниот пазар на пиво држи вашата пиварница во моментов со своите брендови? - но не добивме конкретни бројки. “За 2014 година ние проценуваме дека пазарот го одржа нивото од 2013. Проекциите за развој на пазарот за 2015 година се оптимистични со предвидување на едноцифрен раст, а паралелно на тоа, ние планираме ист толкав раст и на нашата продажба за понатамошно одржување на нашиот пазарен удел.“, беше одговорот од Пивара Скопје, а од Прилепска пиварница ни одговорија дека “Прилепска Пиварница има константен раст изминативе години. Покажавме дека со проактивниот пристап што го имаме во поглед на иновативноста на производите
турски Ефес), во Хрватска ја поседува Карловачка пивовара, сега веќе ребрендирана во Хајнекен Хрватска, додека во Босна и Херцеговина и Црна Гора е присутен само преку дистрибуцијата на своите брендови. Од Пивара Скопје добивме коментар дека со влегувањето на Лашко во системот на Хајнекен, за македонскиот производител значи зацврстување на позицијата со дополнување на комплементарни брендови во нивниот асортиман, но дека деталите од процесот на интеграција на Лашко во системот Хајнекен сè уште се дефинираат. добиваме на раст на пазарниот удел. Постојаниот раст секако е резултат на нашата компаниска стратегија што резултираше со вложувања и инвестиции во производниот процес, во квалитетот на нашите брендови, во доброто позиционирање и комуникацијата на нашите производи”. Од она што сме го имале како најнов податок во темите и интервјуата што ги правел Капитал од областа на пиварската индустрија, се вртат бројките од околу 30% пазарен удел на Прилепска пиварница со своите брендови Златен даб и Крал Марко, и нешто над 55% на Пивара Скопје со Скопско. Останатиот простор од 15тина проценти од пазарниот колач оди кај странските брендови од кои што дел се во портфолиото на Пивара Скопје, која е во сопственост на Хајнекен системот, Туборг што го дистрибуира Прилепска пиварница, и останатите брендови преку свои дистрибутери. nnn
Проценки: За околу 20% е падот на пивскиот п
www.kapital.mk
Капитал број 810 08.05.2015
37 Кој е кој во пивскиот бизнис на Балканот
Три светски гиганти го држат екс-ју пазарот Хајнекен, Карлсберг и Молсон Корс се трите светски гиганти во производството на пиво кои што господарат на регионалните пазари – во Словенија, Хрватска, Србија и Македонија имаат свое производство, додека во Црна Гора и БиХ нивните брендови се меѓу најпродаваните.
3
-ти
Heineken Холандија
најголем производител во светот
9%
од светскиот пазар на пиво
бизниси во регионот: n Словенија Компанија: Pivovarna Laško Брендови: Laško, Union
n Хрватска
Компанија: Karlovačka pivovara (Heineken Hrvatska) Брендови: Karlovačko, Heineken, Amstel Пазарен удел: 25%
n Србија
Компанија: Ujedinjene srpske pivare (72% Heineken, 28% Efes) Брендови: Pils Plus, MB, Master, Zaječarsko, Heineken, Amstel, Efes Пазарен удел: 20%
4
-ти
Carlsberg Данска
најголем производител во светот
6,2%
од светскиот пазар на пиво
бизниси во регионот: n Хрватска Компанија: Carlsberg Croatia Брендови: Pan, Tuborg, Guinness, Carlsberg, Budweiser Budvar Пазарен удел: 20%
n Србија
Компанија: Carlsberg Srbija Брендови: Lav, Carlsberg, Tuborg, Guinness, Corona, Budwaiser Budvar Пазарен удел: 30%
7
-ми
Molson Coors САД/Канада
најголем производител во светот
2,8%
од светскиот пазар на пиво
бизниси во регионот: n Хрватска Компанија: Zagrebačka pivovara Брендови: Ožujsko, Stela Artois, Becks, Lowenbrau, Staropramen Пазарен удел: 45%
n Србија
Компанија: Apatinska pivara Брендови: Jelen, Apatinsko, Nikšičko, Stela Artois, Becks, Lowenbrau, Staropramen Пазарен удел: 40%
n Македонија
Компанија: Пивара Скопје Брендови: Скопско, Горско, Heineken, Amstel Пазарен удел: 60% (проценки)
пазар во Македонија последниве пет години
Капитал број 810 08.05.2015
38
www.kapital.mk
Капитал анализа
Какви "вртоломии" прави власта за да се вдомат партиските кадри? Бомбите објавени од опозицијата под паролата „Вистината за Македонија“ само ја потврдуваат општата перцепција дека македонската бирократија е полна со партиски послушници и подобни за власта службеници. Врз основа на објавените разговори, Капитал направи анализа преку која се обиде да најде одговор колку вработувања се прават без огласи, колку „миленичиња“ се вдомиле по институциите, колку службеници биле заведени како „суфицит“...
Регистар на државни службеници: За 4 години 10%
www.kapital.mk
Капитал број 810 08.05.2015
39
В пишува:
Габриела Делова
gabriela.delova@kapital.mk
Вработувања по партиска линија, вработувања без огласи, прераспределувања на „комуњарите“, пријавување како „суфицит“ на оние што поднеле приговори или жалби до Комисијата на Агенцијата за администрација за решавање во втор степен по жалби и приговори на државните службеници со цел да се ослободи место за партиски вработувања...Ова се само дел од начините на кои власта вдомува свои партиски и подобни кадри, ако се суди според разговорите меѓу дел од функционерите објавени во таканаречената бомба на лидерот на опозицијата, Зоран Заев под паролата „Вистината за Македонија“. Капитал, преку анализа на годишните извештаи на Агенцијата за администрација, во која има информации за бројот на објавени огласи, бројот на жалби и по кој основ се жалеле административците, но и преку бројот на вработени во институциите (информации кои ги дава Буџетот, Народниот правобранител, Регистарот на Министерството за информатичко општество и администрација) се обиде да направи анализа за да даде одговор на погоре посочените начини на вработување во службата. Извештајот на Агенцијата за администрација за 2011 година покажува дека во оваа година државните органи објавиле огласи за нови 1.036 вработувања. Според буџетот, пак, во 2011 година во органите кои ги вбројува Буџетот, работеле 49.390 вработени. Доколку на овие 49.390 се додадат 1.036 нови вработувања, тогаш вкупната бројка на вработени во буџетските институции во 2012 година би требало да изнесува 50.420. Но, според информациите од Буџетот за 2012 година, државната управа во 2012 година брои 51.183 вработени. Тоа се дополнителни 763 вработени. Ако претпоставиме дека во 2011 година ниту еден административец не заминал во пензија, се наметнува
Вработувања
2014
Бр на нови вработувања според АА 1644
2013
1587
49619
334
5158
2012
815
51183
719
5026
2011
1036
49390
416
4588
Година
Бр на нови Буџетски вработувања институции според АА 49348 546
Општини 5343
Брoj на вработени во институциите споменати во бомбата Институции/ Година СОЗР УЈП ДБК Градска болница Воена болница Јавни установи Театри
2014
2013
2012
2011
377
394
379
308
1258
1307
1340
1241
31
32
33
34
315
308
310
299
580
563
528
508
1187
1225
1207
1128
833
830
728
803
Музеи
332
257
295
307
Библиотеки
349
336
342
344
За 4 години 10% се зголемил бројот на вработени во државната администрација?!
В
о меѓувреме, трендот на нови вработувања во администрација расте од година во година. Информациите според Регистарот на државни службеници на Министерството за информатичко општество и администрација, покажува дека во 2011 година работеле 14.821 државни службеници , додека во 2014 година, пак работат 16.212. Тоа е зголемување од речиси 10% само во државната администрација, или во апсолутна бројка државната управа за четири години, се зголемила за 1.391 нови вработени службеници. Меѓутоа, веродостојноста и на овој податок е тешко да се утврди, ако се земе предвид дека на годишно ниво само 600 нови вработувања има по Рамковен договор. За четири години, тоа е зголемување од 2.400 нови вработувања само по Рамковен, од кои, според вицепремиерот за рамковен договор, Муса Џафери дури 1.700 лица не се распределени, односно седат дома, а земаат плата. Инаку, според Министерството, во државна администрација влегуваат вработените во извршната власт, самостојните органи и стручни служби во државни органи и локална власт. Во однос на платите пак, средствата што се одвојуваат од Буџетот за државната управа бележат зголемување од 1,5% од 2011 до 2014 година, односно 6.225 евра повеќе, се трошат за плати и надоместоци. Според анализите на Народниот правобранител, пак, кој дава преглед на јавниот сектор, само во последните четири години, бројот на вработени во однос на институциите кои ги анализира правобранители, бележи раст од 6%, или во апсолутна бројка од 6.745 нови вработени.
прашањето како овие 763 вработени се вработиле ако немало распишано оглас за нив?! Слична е ситуацијата и со вработувањата во општините. Годишниот извештај на агенцијата за администрација за 2011
година посочува дека во таа година биле објавени огласи за 416 нови вработувања во општините. Според податоците на Народниот правобранител, вкупниот број на вработени во општините во 2011 година е 4.588. Доколку се додадат овие
% се зголемил бројот вработени административци
www.kapital.mk
Капитал број 810 08.05.2015
40
Капитал анализа
нови 416, тогаш вкупниот број во 2012 би требало да изнесува 5.004. Меѓутоа, новиот извештај на Правобранителот за 2012 година посочува дека во општините се вработени 5.026 лица, што е 22 лица повеќе. Повторно доколку и овде претпоставиме дека ниту еден службеник од општинските администрации не заминал во пензија, се наметнува прашањето на кој начин овие 22 лица биле вработени?! За останатите години, веќе тешко е да се прати трендот. И покрај огласите за нови вработувања, државната управа од 2012 до 2014 бележи благ пад на бројот на вработени, односно бори 42 лица помалку. Поради недостатокот на информации за тоа колку лица заминале во пензија, а колку од нив се прераспределени, тешко е да се утврди динамиката на вработувања, отпуштања, прераспределби... Бројките не се поклопуваат ниту со Регистарот за државна администрација на Министерството за информатичко општество и администрација. Во 2011 година регистарот броел 14.821 вработени во државна администрација. Истата година според Агенцијата за администрација имало огласи за 1.452 нови вработувања. Но во 2012 година, според Регистарот на Министерството, во државна администрација работа 15.247,
место 16.273 лица. За да се изедначат бројките, единствената претпоставка би била дека дури 1.026 лица заминале во пензија, меѓутоа со оглед на тоа дека нема информација колку луѓе заминале во пензија, изостанува податок кој ќе даде потврда на овој заклучок. Слични парадокси се евидентни и за другите години.
Растат вработувањата во институциите за "миленичиња"
Според анализата на Капитал направена врз основа на официјалните податоци од извештајот на Народниот правобранител, за овие три години за 5% пораснал бројот на вработени во јавните установи, библиотеки, музеи и театри.. Вкупниот број на вработени во овие институции во 2011 година бил 2582, додека во 2014 година бројот на вработени во овие институции е 2701, што е зголемување од 119 нови вработувања. Капитал направи анализа и на бројот на вработени и во другите институции кои беа споменати во последните бомби. Меѓу нив се Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) , УЈП, Градска болница и Воена болница. Според официјалните податоци објавени во извештаите на Народниот правобранител, во СОЗР од 2011 до 2014 година бројот на вработени се зголемил за нови 70 лица. Во УЈП, бројот на вработени
се зголемил за нови 17 лица, во Градска болница за 16, а во Воена болница пак за нови 72 вработени.
Некои службеници стануваат суфицит
Според годишните извештаи на Агенцијата за администрација, во последните три години тужби поднеле 1.272 службеници по разно разни основи. Со оглед на тоа дека изостанува бројка колку лица од државната управа годишно заминуваат во пензија, а колку се прераспределни, тешко е да се утврди колку „суфицит“ пријавуваат институциите. Јасно е само, според информациите на Агенцијата за администрација, дека годишно и по 82 службеници се жалат по основ на распоредување до Комисијата на Агенцијата за администрација за решавање во втор степен по жалби и приговори на државните службеници. Ако на ова се додадат и шпекулациите дека „рамковните“ фотелји се продаваат од 500 до 2.000 евра, на што посочуваат граѓански здруженија кои се грижат за правата на малцинствата, а обвинувања за ваква „продажба“ дојде и од пратеници на ДПА, тешко е да се замисли на што сé се подготвени партиите за да направат место во бирократијата за свои кадри... nnn
! " !
Капитал број 810 08.05.2015
42
www.kapital.mk
политика
Жестока најава за 17 мај
Протестите ја ставаат бриселската излезна агенда во втор план, со сè реконструкцијата на Владата Протестот пред Владата одржан во вторникот по објавувањето на „бомбата“ за убиството на Мартин Нешкоски, што дефинитивно најави какви ќе бидат протестите на 17 мај и евентуалните претходни, го става во втор план она што би можело како решение да произлезе од разговорите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во Брисел, односно, деескалацијата, чија почетна точка според одредени најави би подразбирала враќање на опозицијата во Собранието, за што Груевски, за возврат, би требало да жртвува некои од своите најблиски соработници во Владата
Малески: Да се надеваме дека ќе се избегна
www.kapital.mk
Капитал број 810 08.05.2015
43
Преблиски средби
на протестантите со полицијата за протестите да бидат мирни
Креативен начин
ненасилно да се употреби полицискиот штит
До најкритичната точка во
пресрет на 17 мај ќе доведе евентуална „бомба“ за случајот „Монструм“
Јајцата што не успејаа да
Н пишува:
Максим Ристески
maksim.risteski@kapital.mk
Најавата дека политичката криза во Македонија влегува во нова фаза ја конкретизираа две собитија - прво, определувањето на 17 мај како датум за „големиот сенароден протест“, како што го нарече претседателот на СДСМ, Зоран Заев; а потоа и кумановскиот Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, на кој премиерот Никола Груевски покажа подготвеност да дејствува во согласност со она што го објавија некои од медиумите повикувајќи се на извори од Брисел, дека контурите на евентуалниот политички договор што би бил постигнат меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со посредство на европратениците би подразбирал (покрај останатото) и реконструкција на Владата. Протестот на 17 мај е замислен како ефектуирање на постигнатото со „бомбите“ за целта - пад на Владата на Груевски, што Заев уште пред да пресече за датумот го најави
ги запрат штитовите на полицијата дадоа патина на новата фасада на Владата
како „голем, досега невиден протест во Македонија, зашто нема да дојдеме да кажеме што имаме и да си одиме - овој пат нема да си одиме додека оваа власт не си замине“. Од друга страна, Груевски најави обид за деескалација со изјавите дадени на Конгресот во Куманово дека „повремено се потребни и освежувања на функционерските места“, зашто „тимот што победува не се менува, но, изморени играчи не можат да дадат резултати“. Но, протестот пред Владата одржан во вторникот по објавувањето на „бомбата“ за убиството на Мартин Нешкоски, што дефинитивно најави какви ќе бидат протестите на 17 мај и евентуалните претходни, се чини дека го става во втор план она што би можело како решение да произлезе од разговорите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во Брисел, односно, деескалацијата што би подразбирала враќање на опозицијата во Собранието, за што Груевски, за возврат, би требало да жртвува некои од своите најблиски соработници во Владата. Најавите, пак, за контрапротести, неспорно значат опасност ситуацијата и при евентуален мирен протест (каков што побара Заев и по протестот по „бомбата“ за убиството на Мартин Нешкоски) на 17 мај да излезе од контрола, по што би било неблагодарно да се прогнозира понатамошниот развој на настаните. Заев на својот Фејсбук профил побара да се протестира на мирен и достоинствен начин: „Не дозволувајте вашето незадоволство да излезе од контрола, бидејќи мирот, стабилноста и материјалните добра мора да бидат сочувани. Имајте на ум дека 17 мај е денот на закажаниот сенароден протест, кога мирно и достоинствено, сите
заедно ќе покажеме дека сме на страната на слободата, вистината, демократијата и правдата, дека сме на страната на Република Македонија. Не дозволувајте да бидете вовлечени во нешто што никој не го посакува. Истовремено апелирам до безбедносните структури на државата да бидат внимателни во извршувањето на своите задачи и да ја зачуваат безбедноста на сите оние кои во моментов протестираат“. Но, според неговите најави, за последна мобилизација пред 17 мај следуваат исклучително чувствителни „бомби“ - за спорот за името на државата, за смртта на Никола Младенов, и, за веројатно најопасната тема во контекстот, петкратното убиство кај Смиљковско езеро. Во однос на последново, ако соодветната „бомба“ предизвика протести, ќе биде многу тешко да се избегне тие да ја добијат опасната меѓуетничка димензија, зашто, колку и опозицијата во меѓувреме да демонстрира единство меѓу Македонците и Албанците во однос на она што го откриваат „бомбите“, продолжуваат да постојат интересни страни кои не настапуваат од позиции поврзани со актуелната политичка криза. Да не зборуваме за улогата што ќе ја одиграат евентуалните провокатори меѓу протестантите.
Аналитичарите предупредуваат на ризиците
Универзитетскиот професор Денко Малески, на гостувањето во емисијата „360 степени“ на Алсат-М, токму во овој дух изрази стравување дека работите на протестите нема да се развиваат онака како што бара Заев во цитираната изјава. „Да се надеваме дека ќе се демонстрира
ат длабоки поделби во општеството
www.kapital.mk
Капитал број 810 08.05.2015
44
политика
А
Петар Арсовски политички аналитичар:
ко се соберат 50 илјади луѓе пред Владата, Груевски нема да има многу избор што ќе прави, без оглед што би сакал да прави. Можеби би сакал да одигра авторитарна варијанта, но, присуството на 50 илјади луѓе нема тоа да му го дозволи. Од митингот ќе се знае колкав маневарски простор Груевски ќе има.
солидарност, меѓутоа, тоа, исто така, може да предизвика големи, длабоки поделби внатре во општеството. Во ваква зовриена атмосфера кога политичките водства се борат за својата индивидуална слобода - кој изгуби оди во затвор, тогаш нивната битка ќе биде беспоштедна и нема да има врска со демократски протести. Никој не може да каже што точно ни претстои, бидејќи политичките елити се покажуваат неспособни да произведат решение задоволително за државата, поведението на владејачката партија е ужасно, и сега сме пред свршен чин, чекаме да видиме каква ќе биде разврската, која никој не знае каква ќе биде, но, очигледно е дека имаме елементи на конфликт“, изјави Малески. И според политичкиот аналитичар Петар Арсовски не може да се зборува за идни сценарија кон излез од политичката криза дури не се види исходот од протестот на 17 мај, зашто тој смета дека и самите Груевски и Заев следните чекори ќе ги влечат по (според) овој настан: „Не верувам дека Груевски и Заев ќе направат некаков конечен потег пред да се почека тој протест. Бидејќи од силината на тој протест двајцата противници ќе проценуваат колку секој од нив мора да попушти во заедничкиот компромис. Така што, можно е и сценарио на деескалација, што би значело враќање на СДСМ во Собранието и некаква мини реконструкција на Владата – Груевски тоа го најави на Конгресот, но, можна е и дополнителна ескалација со голем протест и нарушување на нормалното функционирање на институциите. Ако Заев собере 40, 50, 60 илјади луѓе, тогаш Груевски ќе мора посериозно да попушти, и посериозно да седне на маса. Ако митингот на 17 мај не биде успешен, мислам дека ќе нема политичка разрешница набрзо“, вели Арсовски во изјава за „Капитал“. На прашањето дали да се очекува тврд одговор на полицијата на протестот, за обесхрабрување на учесниците, тој одговара дека и овој аспект ќе зависи од бројната успешност на настанот: „Ако се соберат 50 илјади луѓе пред Владата, Груевски нема да има многу избор што ќе прави, без оглед што би сакал да прави.
Б
есполезна е секоја реконструкција на Владата ако не замине Груевски. Зашто не може да има транспарентна правна завршица при вака воспоставен систем на полиција, обвинителство, судство. Мора да дојдат министри, обвинители, судии кои ќе бидат кредибилни во јавноста. Ќе се реформира и УБК и секој ќе одговара, Јове вклучително ако треба и Заев, за да Кекеновски видиме како ги добил материјалите. универзитетски професор:
l Во вторникот се повредени 38 полицајци - 30 протестанти се приведени
Можеби би сакал да одигра авторитарна варијанта, но, присуството на 50 илјади луѓе нема тоа да му го дозволи. Од митингот ќе се знае колкав маневарски простор Груевски ќе има“, вели аналитичарот. Професорот Јове Кекеновски, свесен за ризикот што го носи излегувањето на протестите од контрола, смета дека Груевски, „ако и го мисли доброто на Македонија треба претходно да си замине“, но, индикативно додава дека премиерот „сега спасувањето на неговата кожа го става на ниво на државен интерес“. „Јас не сакам да дојде до протести со ризик да излезат од контрола. Ако некој и мисли добро на Македонија, пред сè тука мислам на Груевски, тој треба да си замине. Груевски ја загуби довербата на граѓаните со појавувањето на снимките, и не може и понатаму од Македонија да прави заложник. Тој мораше ако имаше свест и совест, ако ја сакаше државата, со својот пример, со неотповиклива оставка, да го отвори патот за независна, непристрасна судска истрага, кога веќе се повикува на правна завршинца“, вели Кекековски, кој се осврнува и на опцијата разговорите во Брисел да предвидат стартна позиција за барање излез од кризата со компромис
од двете страни - враќање на СДСМ во Собранието, во замена за менување на министри (според шпекулациите, на оние кои се најискомпромитирани од содржината на „бомбите“). Ставот на професорот е идентичен со официјалниот на СДСМ, дека владина реконструкција е суштински различна опција од барањето на опозицијата за оставка на премиерот и за формирање техничка влада: „Бесполезна е секоја реконструкција на Владата ако не замине Груевски. Зашто не може да има транспарентна правна завршица при вака воспоставен систем на полиција, обвинителство, судство. Мора да дојдат министри, обвинители, судии кои ќе бидат кредибилни во јавноста. Ќе се реформира и УБК и секој ќе одговара, вклучително ако треба и Заев, за да видиме како ги добил материјалите. Има закони, само треба кредибилни луѓе во институциите да ги спроведуваат“, вели Кекеновски. Според него евентуалното враќање на СДСМ во Парламентот би морало да биде условено со оставка од премиерот, или со негово разрешување и формирање преодна влада со задача да воспостави услови за норамално функционирање на институциите. nnn
Заев: Не бидете вовлечени во нешто што никој не го посакува
ЗА ВРВНИ МАГИСТЕРСКИ СТУДИИ НЕ МОРАТЕ ДА ОДИТЕ ВО СТРАНСТВО!
СЕГА И ВО СКОПЈЕ! • Престижна МБА програма за развој на вашата кариера • Рангирана помеѓу првите 100 во светот • Со тројна меѓународна акредитација која гарантира квалитет на наставата
УПИСИТЕ СЕ ВО ТЕК! msm.uacs.edu.mk
ЗА ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ:
Универзитет Американ Колеџ Скопје Трета Македонска Бригада 60, 1000 Скопје Тел: +389 2 2463 156
Е-пошта: globalmba@uacs.edu.mk Веб: msm.uacs.edu.mk
Капитал број 810 08.05.2015
46
www.kapital.mk
Балкан бизнис и политика
Во обид да собере повеќе приходи
Ципрас нуди амнестија за сите кои ќе ги вратат парите во Грција
Законот предвидува амнестираниот капитал да се оданочи со данок меѓу 15% и 20%, вели извор од грчкото Министерство за финансии. Ова е силен стимул за враќање во Грција, во ситуација кога оние Грци кои не ги декларирале своите депозити во странство, би платиле данок од 46% и уште 46% казна во случај даночните власти да им ги откријат парите во странство.
Грција: Се предлага амнестираниот капитал д
www.kapital.mk
Капитал број 810 08.05.2015
В
Во обид да ги добие толку потребните пари, Грција има намера да им дозволи на даночните обврзници да си го вратат капиталот од странство, без да плаќаат казни и откако ќе добијат повластено оданочување. „Владата ќе предложи закон што ќе им дозволи на граѓаните да решат дали ќе ги декларираат парите што ги имаат во странство“, изјави министерот за финансии на Грција, Јанис Варуфакис. Грците испратија милијарди евра депозити од почетокот на кризата во 2010 година. Само во последниот месец од 2014 година, и до доаѓањето на власт на Сириза во јануари, од грчките банки беа повелечени депозити за 16 милијарди евра. Ова создава проблеми за грчките комерцијални банки. Ликвидноста во моментов многу им зависи од парите што ги добиваат од централната банка.
Низок данок при враќање на парите
Законот предвидува амнестираниот капитал да се оданочи со данок меѓу 15% и 20%, вели извор од грчкото Министерство за финансии. Ова е силен стимул за враќање во Грција, во ситуација кога оние Грци кои не ги декларирале своите депозити во странство, би платиле данок од 46% и уште 46% казна во случај даночните власти да им ги откријат парите во странство. Варуфакис коментира дека ако Парламентот го прифати предлог-законот, Грција и Швајцарија ќе потпишат спогодба за размена на информации за грчките депозити во швајцарските банки. „Имаме спогодба со Европската унија за автоматско пренесување на информации, што ќе важи и за Грција“, изјави државниот секретар за меѓународни финансиски прашања на Швајцарија, Жак де Ватвил.
Нови мерки за повеќе приходи
Предложената амнестија за пари од странство е само дел од новите предвидени мерки за собирање повеќе приходи за државата, пишува грчкиот весник „Нафтемборики“. Поважните од овие мерки вклучуваат 20% данок на телевизиските реклами, зголемување на данокот на луксузни производи, подобрување на механизмот за даночни спорови, подобрување на електронската платформа за собирање на
47
Еврогрупата е категорична дека Атина нема да исплива без нови заеми
Г
рција има потреба од нови заеми, за да не потоне. Ова го изјави претседателот на Еврогрупата, Јерун Дејселблум. „Без идни заеми Грција нема да успее - тоа е реалноста“, изјави тој во интервју цитирано од „Катимерини“. Неодамнешните промени што ги направи грчкиот премиер Алексис Ципрас со преговарачкиот тим, нема сами по себе да ја разрешат безизлезната ситуација меѓу Атина и нејзините кредитори. Според Дејселблум за време на преговорите во последните два месеци е постигнат мал прогрес, а спроведувањето референдум за договорот со кредиторите не е добра идеја. Ципрас претходно изјави дека ако условите за евентуален договор со кредиторите се во расчекор со предизборната платформа на Сириза, тие ќе бидат тестирани на референдум. ДДВ, подобар надзор од даночните власти на дигиталната економија, олеснување на даночниот кодекс со цел полесно поведување судска постапка за големи даночни измами, тендер за лиценци за телевизиски фреквенции и засилување на независноста на агенцијата за приходи. Предложените мерки не засегаат теми за кои Грција и нејзините кредитори имаат разногласие, коментира Блумберг. Меѓу нив се пензиската реформа, создавањето лоша банка, преразгледување на стапките за ДДВ.
Притисок за единствена стапка за ДДВ
Грчки „Катимерини“ тврди дека Брисел сака од почетокот на јуни во Грција да се воведе единствена стапка за ДДВ од 18% за сите услуги и стоки, со исклучок на лековите. „Во моментов Атина го одбива ова сценарио, но, преговорите продолжуваат да течат“, дополнува весникот. Грција е против, зашто израмнувањето на стапките ќе ги намали приходите од ДДВ од 23% за многу стоки, но,
од друга страна ќе го зголеми за 5% данокот на многу прехрамбени производи, на електричната енергија, и други неопходни производи и услуги. Резултатот значи ќе биде дополнително оптоварување на буџетите на домаќинствата. Што и да се реши следниве денови во Атина, во Брисел или во Берлин, Грција нема да го реши својот основен проблем - немањето пари, коментира Блумберг. Поради плаќањата кон ММФ што доаѓаат во мај, на државата може да и се случи недостиг од 400 милиони евра за пензии и плати. И покрај ова, грчкиот премиер Алексис Ципрас во трочасовното интервју за Скај ТВ изрази увереност дека до 9 мај Атина може да постигне спогодба со европските партнери, што „ќе се овозможи да биде одобрен дел од парите од кредитот“. Партнерите на Грција ги блокираа последните 7,2 милијарди евра од вториот кредитен пакет за Грција, додека Атина не ги прифати даночните и економските реформи што се бараат од неа. nnn
да се оданочува со данок меѓу 15% и 20%
Капитал број 810 08.05.2015
48
www.kapital.mk
Капитал анализа
Во ек на преговорите за историски договор за слободна трговија помеѓу САД и ЕУ
Европјаните се плашат од мекдонализација и американско корпоративно превземање Илјадници граѓани во Германија, Австрија, Чешка, Финска и другите европски градови протестираа, додека тимовите на САД и ЕУ во Њујорк ја одржуваа деветта рунда од преговорите за слободна трговија меѓу двата најголеми пазари во светот. Додека лидерите во ЕУ го гледаат договорот како начин да се подигне слабата економија во ЕУ, тајноста со која се водат разговорите создаде армија противниците кои предупредуваат дека со договорот ќе се направи „мекдонализација“ на Европа, алудирајќи на пониските вредности и стандарди на САД во однос на регулативите за работничките права, здравствениот систем, производството на храна, заштита на околината... На кратко, велат тие, со договорот ќе се направи „американско корпоративно преземање на Европа“
Анализи: 0.5 процентни поени повисок БДП ќе имаат САД и ЕУ заедно
www.kapital.mk
К
Капитал број 810 08.05.2015
49 Д
пишува:
Габриела Делова
gabriela.delova@kapital.mk
Корпоративно преземање на Европа од страна на Америка или заедничка платформа за поголеми економски резултати и посилно геостратешко влијание ? Ова е енигмата која ја обви Европа, за време на деветтата рунда преговори меѓу САД и ЕУ од договорот за слободна трговија, која се случи пред една недела во Њујорк. Со зачестените средби меѓу двата тима и отворањето на новите поглавја, зоврива и атмосферата во Европа, каде се посилно одекнуваат мислењата на критичарите кои се противат на ваков договор меѓу Стариот континент и САД. Додека лидерите во ЕУ го гледаат договорот како начин да се подигне слабата економија во ЕУ, и ветуваат ослободување од бирократските и нетарифните бариери, правилата и регулативите на кои се жалат компаниите кои бараат влез на едниот или другиот пазар, тајноста со која се водат разговорите создаде армија противниците кои предупредуваат дека со договорот ќе се направи „мекдонализацијата“ на Европа, алудирајќи на, како што велат тие, пониските вредности и стандарди кои ги има САД во однос на регулативите за работничките права, здравствениот систем, производството на храна, заштита на околината... „Договорот ќе направи да се приватизираат јавните услуги што ги имаат европските држави, ќе ја сруши владината заштита за луѓето и околината и ќе создаде закана
Барак Обама претседател на САД
оговорот за слоободна трговија помеѓу САД и ЕУ ќе донесе два милиони нови работни места, повеќе избор на пазарот и со тоа пониски цени во продавниците.
Д
Ангела Меркел канцелар на Германија
оговорот ќе донесе повеќе развој во светската економија во целина. Јас сум целосно посветена на договорот и навистина сакам тој да биде имплементиран.
lНајмасовни протести за време на последната рунда преговори, која се одржа во Њујорк, беа во Германија
за нови и нефер економските реформи кои најмногу ќе ги платат сиромашните“, пишува The Daily Beast, американскиот портал за вести и продолжува: „Активистите кои се против ваквиот договор сметаат дека истиот ќе дозволи фирми слични на McDonalds да ги преземат болниците, Еxxon да вади нафта под Ајфелова кула, а Google да ги преземе парламентите. Накратко, тие сметаат дека со овој договор Американските корпорации ќе ја преземат Европа“, пишува овој портал. Најголемите протести за време на деветта рунда од преговорите, имаше во Германија.
Тамошните медиуми пишуваат дека ваквото спротивставување на Германците кон трговскиот договор меѓу САД и ЕУ во голема мера е резултат на последните наводи дека САД ја шпионира Германија, скандал во кој беше вмешана и Канцеларката Ангела Меркел. Но, освен нарушениот американски имиџ поради шпионажата, се смета дека германските бизнисмени се исплашени и од доминацијата на дигиталните гиганти, како што е американскиот Google.
Договори завиени во тајна
Иако европските институции и институциите во земјите членки на ЕУ се чини си ја
www.kapital.mk
Капитал број 810 08.05.2015
50
Капитал анализа САД во договорот гледаат геостратешки придобивки
К Антони Гарднер амбасадорот на САД во ЕУ
ритики од САД околу договорот со ЕУ за слободна трговија засега отсуствуваат. Позициите преку барата се чини остануваат цврсти и во континуитет. Оттука, американските официјални претставници освен што ги пресметуваат бенефитите кои ќе се добијат со отворање на пазарот меѓу двата најголеми пазари во светот, преку него гледаат и можност за геостратешки придобивки. „САД остануваат посветени на амбициозениот договор за трговија, не само поради свое
додаваат топката околу одговорноста за разговорите кои се водат за договорот за слободна трговија меѓу САД и ЕУ, сепак Брисел веќе почна да одговара на повиците за поголема транспарентност во преговорите. Иако, како што велат имаат право да ги објават само позициите на Брисел во однос на преговорите, додека оние на САД и заедничките, не, Европа веќе започна бројни јавни дискусии со кои сака да го истера сивиот облак кој се создаде во јавноста околу договорот. Ваквите ветувања дојдоа и откако европскиот омбудсман, но и поранешни еврокомесари, повикаа на поголема отвореност. Поранешниот комесар на ЕУ, Вивиан Рединг, рече дека „само јавен суд може да гарантира легитимност на преговорите, конзистентност на правилата и независност на арбитрите“. Токму затоа, Брисел иницираше бројни дебати во земјите членки, меѓу кои најмногу во Германија. „Во дебатите освен владини претставници вклучени се и членови од бизнис секторот, од невладините организации, експерти и други страни заинтересирани за договорот“, соопшти Луц Гулнер, шеф за комуникација на Директоратот за трговија на ЕУ.
Што подразбира договорот кој стана толку омразен?
Иницијативата за потпишување на договор беше Американците да добијат што е можно повеќе од она што Европјаните го
економско влијание, туку и поради важни геостратешки причини“, изјави амбасадорот на САД во ЕУ, Антони Гарднер. „Ако САД и Европа сакаат да ја зајакнат својата економска моќ и да го прошират своето стратегиско влијание во несигурни времиња, мора да водиме заедно. Ако не успееме, другите земји кои не ги делат нашите вредности, а чија моќ расте брзо во меѓународната трговија сами ќе си ја постават својата агенда“, вели Гарднер.
ТРГОВСКА РАЗМЕНА МЕЃУ ЕУ И САД ВО МИЛИЈАРДИ ЕВРА 2013 година Од ЕУ кон САД Од САД кон ЕУ
Продукти 289,5 196,2
Услуги 180,7 159,9
Инвестиции 1686,5 1651,6
Вкупно 2156,7 2007,7
извор: Европска комисија
прават добро, и обратно. Со договорот се претпоставуваше дека ќе се најде начин да се засилат социјалните вредности и вредностите за зачувување на околината, како и подобрување на стандардите за кои опонентите на САД и ЕУ сметаат дека се под закана. Кога формално започнаа преговорите во 2013 година, американскиот претседател Барак Обама вети дека тој ќе донесе два милиони нови работни места, повеќе избор на пазарот и со тоа пониски цени во продавниците“, рече тој. Германската канцеларка Ангела Меркел, пак, рече дека овој договорот „ќе донесе повеќе развој во светската економија во целина“. Економските анализи пак покажаат дека со поврзување на двете најголеми економии, кои создаваат пазар од 820 милиони потрошувачи, за 0.5 процентни поени ќе порасне БДП-то на САД и ЕУ заедно, што е нешто повеќе од 100 милијарди долари годишно. Инаку, ЕУ и САД веќе ја имаат најголемата светска трговска врска, која чини повеќе од 1 трилион долари, со тарифи кои се на просечна маржа од 4%. Најголем дел од овие тарифи ќе бидат намалени со договорот. Но велат
аналитичарите, најголемите ефекти ќе дојдат со намалување на бирократските и нетарифните бариери, правилата и регулативите на кои се жалат компаниите кои бараат влез на едниот или другиот пазар. И додека критичарите убедуваат дека овој договор ќе им служи само на големите корпорации и гиганти, во Брисел тврдат дека овој договор повеќе е шанса за малите и средни претпријатија, отколку за големите, оти големите ги имале до сега на располагање своите адвокати кои се справувале со бирократијата на едната или другата страна. Анализата спроведена на 900 компании од 25 земји членки во ЕУ покажува дека малите и средни претпријатија прават 28% од директниот извоз во САД во ЕУ, во вредност од околу 77 милијарди евра. Само вредноста на извозот направен од малите и средни претпријатија од Ирска во САД во 2012 година бил во вредност од 7.3 милијарди евра, покажува истражувањето. Инаку, се очекува дека до 2016 година, ЕУ и САД ќе го потпишат договорот, што значи дека оваа година е клучна во преговорите. nnn
ПОКАНА На 11 јуни 2015 година (четврток) во просториите на НБРМ, на 8. кат, со почеток во 14 часот, ќе се одржи 17. сесија на Клубот на истражувачите. Доколку сакате да го презентирате Вашиот работен материјал на оваа сесија на Клубот на истражувачите, Ве молиме да нè известите најдоцна до 28 мај 2015 година (четврток). Се надеваме дека ќе предизвикаме интерес кај Вас и кај Вашите колеги за учество на Клубот на истражувачите. Ве молиме да го потврдите Вашето присуство на оваа сесија на Клубот на истражувачите најдоцна до 8 јуни (понеделник) 2015 година на тел. +389 3 298 111; електронска пошта: marketing@kapital.mk Напоменуваме дека зачленувањето во Клубот е од отворен карактер, за што подетаљни информации можете да видите на следнава врска: www.nbrm.mk/Клуб на истражувачи.
www.kapital.mk
Капитал број 810 08.05.2015
10
52
Луѓе и компании
начини како да заштедите пари во вашиот бизнис
Кога поседувате мал бизнис – особено кој штотуку е започнат – го броите секој денар. Но, постојат неколку едноставни работи кои ќе ви ги намалат трошоците, но ќе ви помогнат и да најдете што всушност е бесплатно. Многу од овие чекори можат да ви заштедат не само пари, туку и време.
1.
Не користете принтер
Наместо да ги печатите фактурите и чековите и истите да ги праќате по пошта, користете ги бројните онлајн – услуги достапни за различни бизнис потреби. Можете да ги користите услугите за споделување на датотеки како Drobox или Google Docs, за исплати и електронски фактури како FreshBooks, WorkingPoint или Apptivo, како и електронските услуги за потпис како DocuSign. Честопати не забележуваме колку многу хартија трошиме со печатење на нешта, кои лесно можеме да ги споделиме онлајн.
2.
Продајте ги испразнетите тонери
Ако сè уште инсистирате да го користите вашиот печатар, најмалку што може да направите е да добиете пари од потрошените тонери кои ги користите.
3.
Користете слободен софтвер
На интернет можете да најдете илјадници софтверски производи кои не се наплаќаат за време на пробниот период на користење. Тие не само што ќе ви заштедат пари, туку ќе ви овозможат да ги набавите
оние програми кои ви се допаднале и веќе сте ги испробале. Docstoc, LegalZoom и Rocket Lawyer се само неколку провајдери кои можат да ви помогнат околу тоа.
4.
Преговарајте за пакети услуги со операторите
Ова може да ве чини пет минути разговор со вашиот оператор за да дојдете до најновата понуда. Најчесто компаниите кои нудат услуги ќе ви дадат најповолна понуда со цел да ве задржат како нивен клиент. Исто така, прашувајте дали имате највисоко ниво на услуги како најбрз интернет.
Заштеда: И од старите тонери може да ќ
www.kapital.mk
Капитал број 810 08.05.2015
53
5.
Користете сихноризирани апликации
Голем дел од новите услуги работат поефикасно кога се користат заедно, односно кога ги сихноризираат релевантните информации. Услугите као Nutshell CRM можат да ви помогнат во консолидирање на комуникациите преку следење на состаноци, телефонски повици, електронска пошта, а сето да го сихноризирате со вашиот паметен телефон. Се претпоставува дека ваквите апликации можат да ви заштедат време.
8.
Или... платете подоцна
Ако вашиот кеш можете подобро да го искористите за да заштедите пари, искористете го крајниот рок за да платите на добавувачите. Дури можете да го продолжите периодот на отплата преку кредитна картичка на датумот на доспевање. Ова ви дава дополнителни 30 дена да ги користите парите, бидејќи ќе чекате додека се изврши наплатата преку кредитна картичка.
6.
9.
7.
10.
Изградете кредитна историја на вашата компанија
Една од најголемите грешки коишто новите бизнисмени ја прават е користењето личен кредит за проширување на бизнисот. Преку земањето поголем кредит на име на вашата компанија, ќе имате пристап до повеќе финансии по поволни стапки, кои сериозно ќе ви заштедат доста пари.
Не плаќајте на време, платете порано
Дали заневте дека голем дел од добавувачите нудат попусти доколку за услугите плаќате порано од предвидениот рок? Не е никаква новост дека на компаниите им се дава до 10% попуст за плаќање однапред. Преговарајте со вашите добавувачи за да ја добиете најдобрата зделка и истражувајте какво намалување всушност се нуди.
Рефинансирање за подобри каматни стапки
Поради малиот кредит, веројатно плаќате високи каматни стапки при отплатата. Земањето поголем кредит изгледа посигурно за заемодавачите и кредиторите, па можете да побарате да ги рефинансираат постојаните финансиски средства со подобри каматни стапки, или пак да ги разгледате поволните опции.
Одделете лични и деловни трошоци
Ова прави полесно да се идентификуваат и користат вредните даночни олеснувања. Се почнува со отворањето на деловна банкарска сметка и бизнис кредитна картичка. Каматата од бизнис картичката може да се одбие, но тоа не важи за личната кредитна картичка, дури и кога ја користите за финансирање на вашиот бизнис. nnn
ќарите некој денар
www.kapital.mk
Капитал број 810 08.05.2015
54
Лидери
Томас Пикети француски економист
Капитализмот треба да е роб на демократијата, а не обратно!
Ф
Францускиот економист Томас Пикети предизвика сензација пред година-две со неговата книга во која што со едноставна, брутална формула ја објаснува економската нееднаквост во светот: r>g, што значи дека повратот на капитал е во глобала повисок од економскиот раст. Во “Капитализмот на 21 век“ Пикети преку користење на огромни бази на податоци доаѓа до заклучок дека нееднаквоста не е нова
работа, но дека станува сè полоша, со можни жестоки последици по светскиот поредок. Во оваа прилика ви донесуваме неколку размислувања на Пикети на тема политика, економија, општество...
l Јас не се залагам за тоа со
оданочување да се уништи богатството на богатите; туку да се зголеми богатството на оние што се на дното и на средната класа.
l Би сакал капитализмот и
пазарните сили да бидат робови на демократијата, наместо обратното“.
l САД се државата што го измислија прогресивното оданочување на приходот и наследеното богатство во 1910-те и 1920-те.
l Не сум политичар. Тоа не е моја
работа. Но, би бил среќен доколку политичарите прочитаат нешто од
мојата работа и изведат некакви заклучоци од сето тоа.
l Капиталистите мислат дека
капиталот ќе го спаси светот, но не ќе да е така.
l Мислам дека нееднаквоста е ОК,
се додека е во заеднички интерес. Проблемот настанува кога таа станува екстремна.
l Ако средната класа добива
пристоен дел од националното богатство тоа не е воопшто лошо за економскиот раст. Напротив, корисно е од повеќе причини.
l Економистите сакаат да мислат
дека се многу, многу попаметни од историчарите, од сите. А, ова е малку претерано, затоа што на крајот на денот не знаеме баш многу за економијата. nnn
Сензација: Книгата на Пикети ги потресе економските кругови
15 специјален прилог - иновативност
мај 2015
l Какви иновативни
продукти и услуги понудија банките и осигурителите во Македонија
l Иновации во
производи и услуги vs иновации во маркетингот и бизнис процесите
Разбивање на митот:
иновацијата не мора да значи “откривање на топла вода“
l Кои индустрии
и компании го предводат трендот на иновации ?
l Од идеја до профит:
Како да го поминете патот на една иновација до комерцијализација
Повеќе информации во врска со прилогот и за претставување во истиот можете да добиете на е-мail: marketing@kapital.mk l gordana.mihajlovska@kapital.mk l sanja.savovska@kapital.mk или на телефонскиот број ++ 389 3 298 111
Лицe за контакт:
ГОРДАНА МИХАЈЛОВСКА Сања Савовска
www.kapital.mk
Капитал број 810 08.05.2015
М 56
CEO Profile
Мерлин Хјусон никогаш не очекувала дека еден ден ќе биде на чело на една од најголемите компании од воената индустрија. Како прва жена на позицијата извршен директор, таа управува со 115 000 вработени, уште повеќе оддели и лабаратории, односно раководи со компанија чии приходи претежно доажаат од договорите склучени со американската влада. Во деценијата што следи, Пентагон планира да го скрати воениот буџет за 1 000 милијарди долари, а компаниите како Локид веќе го чувствуваат притисокот. По разочарувачкиот последен квартал, во кој нето приходот падна за 14% на 488 милиони долари, Хјусон се наоѓа на чело на компанијата во еден предизвикувачки период. Таа признава дека Локид треба да се рефокусира кон меѓународните пазари, со оглед на намалувањето на воениот буџет на Вашингтон. Хјусо н се прик лучув а на „Лохид Корпорејшн“ во 1982 година, пред спојувањето со компанијата „Мартин Мариета“ и создавањето на постоечкиот бизнис-субјект. Во тој период, нејзината кариера се карактеризира со бројни работни ангажмани во компанијата, меѓу кои претседател на Одделот за воздушна и ракетна одбрана, ракетен напад и развој на сензори – „Локид Електроник Систем“. Исто така, значаен удел во нејзиното портфолио имаат и функциите претседател на „Локид Систем Интегрејн“ и „Лоџистик сервис“. Со ваква богата и шаренолика кариера во компанијата, можеби и не беше изненадување кога Хјусон е избрана да управува со Локид. Функцијата ја презема од Биб Стивенс, извршен директор од 2004 година, кој се повлече за да стане претседател на Извршниот одбор на Локид.
Моќно патешествие
Одговорностите на Хјусон излегуваат и надвор од границите на „Локид Мартин“. Таа е член на одборот на американскиот хемиски гигант Ду Пон, додека во периодот од 2010 до 2013 таа претседател на Одборот на директори на „Сандиа Корпорејшн“. Овие улоги се олицетворение на нејзината посветеност за стекнување поголемо искуство во различни сектори. Таа е избрана во 50-те најмоќни жени во светот според бизнис магазинот Fortune, а според Форбс е прогласена за 34-та најмоќна жена
Мерлин Хјусон
извршен директор на Lockheed Martin
Челична дама
Еден од највлијателните извршни директори во САД и прва жена директор на „Локид Мартин“ (Lockheed Martin), Мерлин Хјусон, бара начин да го подобри бизнисот на овој производител на воена опрема на меѓународно ниво. во светот за 2013 година. Во септември 2013 година, Хјусон е избрана од страна на американскиот претседател Барак Обама, да се приклучи на Извозниот совет на претседателот(РЕС). Оваа институција на едно место ги поврзува најценетите деловни луѓе и политичари во земјата, со цел да го советуваат претседателот за политика и да помогнат во ширење и зајакнување на меѓународната трговија.
Нови хоризонти
Ако компанијата успее да не го почувствува намалувањето на воениоет буџет на
САД, таа ќе мора да се насочи кон прекуокеанските земји. Сепак, Локид мора да биде свесна за атмосферата во Вашингтон. Законот за контрола на извоз на оружја забранува тргување со оружје од „чувствителна природа“ со одредени земји ширум светот. Доколку некоја компанија направи договор се некоја држава со која САД нема пристоен дипломатски однос, би можела да биде казнета. Којабило странска инвестиција која Локид ја прави, мора да биде внимателно разгледана и документирана за да не го привлече гневот на американската влада. Хјусон изгледа е свесна дека компанијата
Форбс: Хјусон е 34-та најмоќна жена во светот
www.kapital.mk
Капитал број 810 08.05.2015
57
Таа е еден од највлијателните извршни директори во САД Хјусон е меѓу 50-те најмоќни жени во бизнисот според бизнис магазинот Fortune Иако се крати воениот буџет на САД, таа се уште успешно ја води Локид
Локид низ бројки
1912 115. 000 45.4 основана
вработени
милијарди долари приход во 2013 може да истрае во следните неколку години, а нејзиниот главен фокус е идејата за комерцијална диверзификација. Последните чекори за проширување на Локид се покажаа како успешни, меѓу кој неоддамнешното преземање на холандската компанија за симулација на авиони Sim Industries. Исто така, Локид потпиша договор со кинеската компанија за изградба на фотоволтаичен систем со моќност од 10 мегавати за напојување на едно туристички ресорт. Хјусон е уверена дека тоа може да значи еден нов пристап на компанијата, која би делувала далеку од САД. „Како ќе изгледа Локид Мартин? Ние значајно го зголемивме нашиот бизнис во
странство и мислам дека ако погледнете 10 години во иднината, ќе имаме повеќе меѓународни бизнис-зделки“, вели Хјусон.
Пробивање во областа на сајбер безбедноста
Има уште една област во која Хјусон гледа потенцијал за ширење на бизнисот, далеку од воената индустрија. Процените велат дека економскиот просперитет во областа на сајбер безбедноста е заокружена 20 милијарди долари годишно, бројка која сигурно ќе расте во следните неколку години. Локид го искористи зголемувањето на побарувачката на сајбер услуги, кои започнаа во последните месеци од
мандатот на Буш. Со тоа, Локид има можност да стане главен добавувач на услуги на Националната агенција за безбедност (НСА). Исто така, доколу Хјусон ја искористи добрата репутација која компанијата ја има во Вашингтон, тогаш ветувањата за понатамошни договори може да биде профитабилен. Стапките во биометриката покажува дека надежта за иднината на Лотхид, Хјусон ја гледа во ИТ секторот. Сепак, на компанијата ќе и биде потребно силно лидерство, како би се избегнале реакциите поради намалувањето на воениот буџет на САД. Но со Хјусон на чело, иднината на Локид се чини дека е сепак светла. nnn
58
Капитал број 810 08.05.2015 издава: Капитал Медиа Гроуп основан 1999 година основач: Љупчо Зиков бул. ВМРО бр.7, зграда 1, влез 1, кат 6, стан бр.31
тел. ++ 389 2 3280 910 www.kapital.mk www.facebook/KapitalMK
WWW.KAPITAL.MK
Претплатете се на КАПИТАЛ...
И
(СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ)
"ТЕПАЧКА" МЕЃУ БАНКИТЕ ЗА ДОБРИТЕ КОМПАНИИ. ШТО ЌЕ СЕ БАРА?
Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...
БРОЈ 800 | ЦЕНА 100 ДЕН. | 27 ФЕВРУАРИ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16
дејата и визијата за тоа што сакаат да направат, беше највредниот капитал кој го COVER STORY поседуваа луѓето што ја почнаа приказната НОВИОТ РУСКИ ГАСОВОД ЌЕ за Капитал пред повеќе од 15 години. Со ЈА СТАВИ МАКЕДОНИЈА макотрпна и посветена работа на својот тим, ДА ИЗБИРА МЕЃУ ИСТОКОТ магазинот се наметна како еден од најрелевантните И ЗАПАДОТ ?! извори на квалитетни информации во Македонија и регионот, значајни за приватниот, јавниот и WWW.KAPITAL.MK невладиниот сектор. Да се биде лидер на пазарот INTERVIEW во својот сегмент е голема чест и задоволство, но и ЈАНКО МЕДЈА голема обврска кон сите што секоја недела нетрпеливо го чекаат Капитал да ги информира за економските По неколку години, НЛБ Групација со позитивни резултати. проблематики и актуелности, но, и да ги едуцира со Преструктуирањето продолжува своите содржини за најновите трендови. Капитал се чита во директорски канцеларии, Капитал INTERVIEW ВЕРНЕР ШЕРЕР се чита во кабинети на политичари, Капитал се чита СО СИГУРЕН ЧЕКОР КОН ИДНИНАТА на универзитети, институти, “тинк-тенк” центри.... ЈАВНА АДМИНИСТРАЦИЈА: ОГЛАСИ ЗА НАД 1.300 НОВИ ВРАБОТУВАЊА едноставно Капитал е секаде кај што се с о го дишна донесуваат одлуки и креираат п р е т п лата од политики и стратегии. претседател на Управен одбор на НЛБ Љубљана и претседател на Надзорен одбор на НЛБ Тутунска
претседател на Управниот одбор на EOS Group
12 месечна претплата 4.100 денари со вклучени 20% попуст
24 месечна претплата 6.100 денари со вклучени 40% попуст
COVER STORY
ДОМАШНИТЕ БИЗНИС ПОЧЕТОЦИ МЕЃУ СОНОТ И ЈАВЕТО! КАДЕ СМЕ?
АНАЛИЗА
КАКВО ФАЈДЕ ИМААТ ИЗВОЗНИТЕ КОМПАНИИ ОД ЕКОНОМСКИТЕ ПРОМОТОРИ?
COVER STORY
БАЛКАН
БЕРЗИТЕ НOСАТ НАЈГОЛЕМ ЌАР, КАМАТИТЕ НА ИСТОРИСКИ МИНИМУМ
СРБИТЕ ВО ПАНИКА! ХРВАТИТЕ ГИ КУПИЈА НАЈГОЛЕМИТЕ СРПСКИ БРЕНДОВИ
АНАЛИЗА
ЕВТИНИ ПАРИ И СЛАБА ВАЛУТАРЕЦЕПТ ЗА ПОГОЛЕМ РАСТ ИЛИ ОЧАЕН ПОТЕГ ЗА СПАС
БАЛКАН
НА ГРЧКИОТ ХАРИ ПОТЕР НЕМА ДА МУ ТРЕБА МНОГУ ЗА ДА НАПРАВИ МАГИЈА
МАГАЗИН ЗА БИЗНИС И ПОЛИТИКА
www.kapital.mk
МАГАЗИН ЗА БИЗНИС И ПОЛИТИКА
СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ
ГО ЖИВНАА ОСИГУРУВАЊЕТО НА БИЗНИСОТ
ЕВРОПА JA ЧЕКА
БРОЈ 796 ЦЕНА 100 ДЕН. | 30 ЈАНУАРИ, 2015, ПЕТОК | ГОДИНА 16
со вклучени 15% попуст
денари, заштедете
www.kapital.mk
6 месечна претплата 2.200 денари
4.100 20% БРОЈ 797 ЦЕНА 100 ДЕН. | 6 ФЕВРУАРИ, 2015, ПЕТОК | ГОДИНА 16
Во време кога квалитетната информација е најскапоцен ресурс, не дозволувајте да останете без најскапоценото. Станете и вие дел од семејството на редовни читатели на Капитал и искористете ги поволните пакети за претплата што ги подготвивме за вас.
ДОМИНО-ЕФЕКТ НА СИРИЗА
ЈАНИС ВАРУФАКИС НОВОТО ЛИЦЕ НА ГРЧКАТА КРИЗА
МАРКСИСТ КОЈ ЌЕ ГО СПАСУВА КАПИТАЛИЗМОТ
КАПИТАЛ ПРОГНОЗИРА:
ЕВРОТО И ДОЛАРОТ ЌЕ СЕ ИЗЕДНАЧАТ!
*Во цената е вклучен ддв и платена поштарина
...заеднички ја креираме додадената вредност на нашите животни проекти...
Здравата страна на слатките задоволства!