www.kapital.mk
cover story Македонија влегува во политичка драма
Оставки!
!
тонење во преродба
број 811 | цена 100 ден. | 15 мај, 2015 | петок | година 16
Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...
Дали ќе го сопрат слободниот пад на Владата?!
Бизнисот ги брои првите жртви од кризата Паѓа извозот, инвестициите во стенд бај...
www.kapital.mk
Репортажа Капитал низ тунелите и преку вијадуктите на автопатот Демир КапијаСмоквица
специјален прилог - иновативност
КАКО МАКЕДОНСКИТЕ
ФИРМИ ГИ КОМЕРЦИЈАЛИЗИРААТ ИНОВАЦИИТЕ ТЕШКО СЕ ПРОФИТИРА ОД НОВИТЕ ИДЕИ!
ИНОВАЦИСКИ ПРОБИВИ НА МАКЕДОНСКИТЕ КОМПАНИИ
ОД ЕНЕРГЕТСКИ ЕФИКАСНИ ЗГРАДИ ДО ИНОВАТИВНИ КАПАЧИЊА ЗА ШИШЕ ВОДА
ИНОВАЦИЈАТА
НЕ МОРА ДА ЗНАЧИ “ОТКРИВАЊЕ ТОПЛА ВОДА“ ИТ СЕКТОРОТ НАЈИНОВАТИВЕН
ЖИТО МАРКЕТИ
РАЗВИ ПЛАТФОРМА ЗА ЛОЈАЛНАТА КАРТИЧКА СО ДОПОЛНИТЕЛНИ УСЛУГИ
специјален прилог иновативност Од енергетски ефикасни згради до иновативни капачиња за шише вода
Свет: Што ќе донесе историското помирување меѓу САД и Куба
4
Капитал број 811 15.05.2015
содржина 07 Stand BY 10 навигатор 12 cover story
Оваа влада ја изгуби темата за владеење !?
Оставки! Дали ќе го сопрат слободниот пад на Владата?! тонење во преродба !
18 анализа
Македонија влегува во политичка драма Бизнисот ги брои првите жртви од кризата. Паѓа извозот, инвестициите во стенд бај...
48
26 Репортажа
Капитал низ тунелите и преку вијадуктите на автопатот Демир Капија - Смоквица
33 специјален прилог иновативност
n Иновациски пробиви на македонските компании
44 анализа
Бавниот и скап транспорт кочничар на македонскиот бизнис Каков транспорт бараат македонските бизнисмени
бизнис и политика 48 Свет
Големи перспективи, но, и ризици од разведрувањето меѓу Вашингтон и Хавана Обама и Кастро го почнаа долгиот пат од непријателство на ХХ, до партнерство на ХХI век
52 фељтон
Методи Чепреганов невропсихијатар
Агресијa моќта на човечкиот деструктивен нагон (1)
52 Кризата и бизнисот
Сите настани изминатиов период, почнувајќи од бомбите до конфликтот во Куманово, сериозно се одразуваат врз бизнисот. Паѓа извозот, странските и домашните инвеститори се стопирани, паѓа потрошувачката на домашниот пазар, се откажуваат нарачки од странство... XXСтр.18
Автопат
Завршен е првиот од шесте големи моста на новиот автопат Демир Капија-Смоквица како и четирите витални тунели кои треба да го комплетираат македонскиот дел од Kоридорот 10. Ова новинарот на Капитал успеа да го констатира на лице место каде што се привршува еден од најсложените инфраструктурни проекти во Македонија. XXСтр. 26
Драма: Бизнисот почна да трпи последици
Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје l Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, ка Основач и директор: Љупчо Зиков l Одговорен уредник: Биљана Здравковска Стојчевска l Печати: Графички центар Скопје, ул. Скупи бб, 1000 Скопје l Тираж: 3.000 примероци l Датум на печатење:
5
54 Луѓе и компании
18
Менаџерско know-how Како да формирате и мотивирате тим за продажба
56 CEO profile Џули Мејер Ariadne Capital
Парите ги следат идеите!
58 Лидери
Марк Кјубан
претприемач и сопственик на Далас Маверикс
56
58 Транспорт
Македонскиот бизнис ќе трпи се додека не добие побрз, поевтин, поефикасен и посигурен транспорт. За да се оствари тоа според експертите и бизнисмените неопходно е засега доминантниот камионски транспорт да добие конкуренција во железничкиот или авионскиот. Ги прашавме бизнисмените што конкретно предлагаат како решенија. XXСтр. 44
и од политичката криза
ат 6, стан бр.31 l П. ФАХ 503, 1000 Скопје 14.05.2015
Рекол за...
Куба
На средбата остварена на Самитот на Америките одржан на 11 април во Панама Сити, претседателот на САД, Барак Обама, изјави дека со време би било можно „да се сврти нова страница“ во односите со Куба, но, призна дека разликите сè уште се значителни. Според неговите зборови, основните задачи во моментов се нормализирање на дипломатските врски и отворање на амбасади. XXСтр. 48
22 специјален прилог - здравје
maj 2015
Дентално здравје l Кои се најновите трендови
во Македонија во денталната индустрија? l Совети за секојдневна грижа на забите l Бременост и орално здравје
l Какви навики имаме
при грижата за денталното здравје и што препорачуваат стоматолозите l Децата се нашата иднина! Како да се грижиме за нивните заби и нивното орално здравје? l Која храна е пријател на забите Повеќе информации во врска со прилогот и за претставување во истиот можете да добиете на е-мail: marketing@kapital.mk l gordana.mihajlovska@kapital.mk l sanja.savovska@kapital.mk или на телефонскиот број ++ 389 3 298 111
Лицe за контакт:
ГОРДАНА МИХАЈЛОВСКА Сања Савовска
STAND BY
www.kapital.mk
Капитал број 811 15.05.2015
7
Оваа влада ја изгуби темата за владеење !? Љупчо Зиков ljupco.zikov@kapital.mk http://www.facebook.com/ljupco.zikov
Македонската политичка криза влегува во драматична фаза, но и забрзан расплет. Сите можни сценарија се во игра. Од мирен расплет до тепачка. Од водачот на земјата зависи. Особено од тоа дали ќе се скрие зад народот со ниет да се изземе од одговорноста или ќе се осмели и ќе излезе во првиот ред да каже јасно што има да каже во дослух, не “што мисли народот”, туку што народот реално бара и очекува … А деновиве гледаме што народот очекува!
M
Многу нежно и млако помина саможртвувањето на двајца министри и шефот на УБК, за Никола Груевски да остане на власт. Уште повеќе што и тој потег, кој секако дека е многу далеку од решение на кризата е направен со евидентен меѓународен притисок. Преку ден низ порталите и останатите медиуми се плука по меѓународната заедница, се шиканираат
Затоа заслепени од моќта, привилегиите и можностите, ако добро размисли човек, тие на крајот самите си пресудија што само кажува за нивната недораснатост за лидерство со оваа сложена земја со многу проблеми. Одамна напишав дека со “деца на цреша” ништо не правиме ... граѓани да се јавуваат по отворените програми да плукаат по ЕУ и САД, а навечер некако мистериозно преговараат за сопствениот приватен излез. Премиерот и неговите соработници се во непријатна позиција да слушаат што ќе им се каже од устата на амбасадорите кои доаѓаат од држави, кои веројатно се проектирани во главата на премиерот и неколкумина околу него, како земји со потекло на шпиуни кои ги прислушувале, па на Заев му ги дале снимките. Само по себе апсурдно, нели. Ова ми личи како онаа познатата комедија со
Оваа вака поставена власт е технички збир на интересни групи и ликови клиентелистички поврзани меѓу себе и со концентричните кругови околу нив по принципот на должничко доверителски односи. Ги менуваат своите интересни цели во зависност од моменталниот распоред на фигурите на шаховската табла...
www.kapital.mk
Капитал број 811 15.05.2015
8
патот напред
јунакот од ромска националност од еден прилог на една наша национална телевизија, се и го забравам името …. Кога репортерот на телевизијата во едно јулско пладне на 40 степени го посети плоштадот и наиде на јунакот кој се капе во фонтаната под Букефал… Го прашува како е…? Топло... А што мислиш за фонтаната и за Скопје 2014? Јунакот одговара во стилот - ем е за Амди Бајрам, ем не му се допаѓа плоштадот… Вели: добро е, добро е… малку е катастрофа, ама добро е… JJJ Ете ваква е политиката на оваа наша македонска влада деновиве. Едно зборуваат во понеделник, друго мислат во вторник, а трето прават во среда. Паника и тонење. Ароганција до бескрај која ги заслепила и сега не можат да ја видат суштината на проблемот.
Мала анализа
Очајнички се обидите оставките на двајцата министри и онаа на шефот на УБК да се објаснуваат дека не значат оставка на Владата, туку само нејзина реконструкција, како што впрочем и најави премиерот Никола Груевски на конгресот во Куманово. А како да се објасни фактот дека минстерката на внатрешни работи Гордана Јанкулоска на прашање на БИРН минатата недела многу прецизно кажа дека не чувствува никаква одговорност и нема намера да дава оставка. Истото го кажа и во саботата, по завршувањето на полициската акција во Куманово. Сосема е извесно дека Јанкулоска и шефот на УБК Мијалков ја дале оставката со амин на премиерот, по средбата со амбасадорите од земјите членки на ЕУ и САД. Што била директната причина за овие оставки останува иднината да покаже. Која е таа причина пред која и Груевски се поклонил, па ги испратил своите најблиски соработници … Во меѓувреме драмата продолжува со забрзано темпо како на филмска лента. СДСМ изрази два силни става во последните 24 часа. Дека не се враќа во Парламентот се додека е Груевски премиер на Македонија, и дека Заев нема да оди на лидерската средба
За 9 години владеење потрошија безмалку 20 милијарди евра од државните буџети, што би се рекло пари од сите македонски граѓани, а околу нас ништо не гледаме освен купот камења во центарот на Скопје. Сите други проекти што ги почнаа се надвор од оваа финансиска рамка. Дури и автопатиштата се сосема нови кредити кои немаат врска со овие буџетски пари... Сосема е логично да се постави прашањето – после толку години и толку буџети, каде се парите?
која не е организирана од меѓународната заедница, која беше закажана за вчера (со оглед дека овој број на Капитал излегува во петок, а и поради брзината на настаните оставам простор нешто да се сменило во последен момент и овој наод да не е точен). Тоа што СДСМ не се враќа во Парламентот ги суспендира тезите за мала владина реконструкција која било компромисно решение меѓу власта и опозицијата. А тоа, пак, што ДУИ и покрај сите слушнати и видени скандали, не ја напушта Владата ги брише заклучоците за брза разврска и пад на кабинетот на Груевски. Сепак, саатите и неколку те дена пред нас ќе покажат што ќе се случува. Целата политичка ситуација набиена со огромна негативна енергија е донесена на чистина и без можности за некои суштински компромиси … Во таква ситуација, малку се можните решенија. Или-или е работата … Епилогот е што падна во вода проектот на власта и на некои интересни групи околу неа кои сакаат односите во ова општество да останат исти како и во минатите години, во услови на “замрзната и ниска реформска рамнотежа” Не успеа проектот и обидот со демек владина реконструкција да се покаже конструктивност пред меѓ ународната заедница (наводните шпиуни кои му ги дале материјалите на Заев), а при тоа да се задржи власта во рацете на Груевски. Во кратки црти на ова се сведува најновата македонска драма која е во тек.
Груевски и неговата Влада ...
Она што останува нејасно е што всушност очекува Никола Груевски од ситуацијата во која се најде ... И кои потези ќе ги влече. Нема многу на располагање ... Ретерираше од многу владини проекти во пос-ледните шест месеци. Тој успеа да ги разбуди студентите и средношколците. Ги мобилизираше сите невладини организации. Ги обедини во една голема невладина организација. Тој всушност го
направи она што не му појде од рака на ниту еден премиер во сите 25 години македонска независност ... Успеа во голема мера да ги обедини Македонците и Албанците во едно општо граѓанско ткиво, кое за прв пат во независна Македонија има една единствена цивилна цел. Промена на власта и реформи за подобра Македонија. Многумина деновиве на шала велат – да го немаше Груевски, требаше да го измислиме. Никола Груевски денес нема ништо против да се одложи новиот тип на екстерно тестирање, нема против да се промени Законот за хонорарците, нема против да се одложи новиот модел на матурски испит, тој нема проблем да вети уште безмалку 300 милиони евра за разни проекти кои, замислете немаат проекција во Буџетот за годинава. Тој дури нема против за нова истрага за Никола Младенов. А што му преостанува освен “да нема ништо против нова истрага”? По се што слушнавме во телефонските разговори што ги објави лидерот на СДСМ, и по се што се случува деновиве на македонските улици, во време кога Владата е обврзана да одговори на милион прашања пред обединетите македонски граѓани од сите етнички групи кои бараат одговори, уште и да се противи на нова истрага ли!?! Ме прашаа деновиве како го оценувам примитивиот речник во разговорите наводно на владините функционери, каде повеќепати се слушаат навредливи зборови, како „хохштаплер, корумпиран, злобен”, како и за повеќето новинари, кои се нарекувани „комуњари”, „лудаци” и „будалетинки”? Одговорив дека нема тука многу што да се коментира. Примитивизам. Речникот што го употребуваат владините високи претставници, а што го слушнавме до сега во сите триесет прес конференции, сам по себе кажува буквално се, и е објаснување зошто Македонија во 2015 година се наоѓа овде. Без фокус. Нема пат. Без приказна, која сите околу нас долго ја раскажуваат. Ни приредија семејна драма со неизвесн крај. Најтрагично за сите нас е што кога зборуваме за нивниот речник ние не можеме да кажеме дека е тоа состојба во која јазикот им бил подолг отколку што треба, или дека им бил побрз јазикот од мозокот... Тоа не е така... Проблемот за сите нас е во тоа што ова е суштински деструктивен инженеринг. Тоа е состојба на умот кај овие ликови што ја водат земјата и нас во неа ... Тие всушност најдобро од се што прават е квалитетно да мразат. Сите ние за нив сме биле само поединечни јадни судбини кои прават кворум за тие да имаат предмет за работа. Предмет за владеење... Предмет за креирање на буџет од 2,5 милијарди евра секоја година. Да претпоставиме дека во деветте години владеење на Груевски и неговата екипа, државниот буџет годишно бил по
www.kapital.mk
Капитал број 811 15.05.2015
9 2 милијарди евра. За толку години оваа Влада потрошила фантастични 18 милијарди евра. Ајде сега завртете се околу себе и проценете што се сменило во оваа земја со толку потрошени пари, а притоа и дополнително задолжени, и тоа во сосема нови околности на светска криза, на нарушени геополитички односи во светот. Со отворени неколку големи воени жаришта, во контекст во кои земја како Македонија треба да биде подготовена по сите основи за да не ја одвее ветерот. Напротив, Македонија по 9 години владеење на оваа партија е далеку од стабилна земја. Гледаме колку е стабилна и безбедна. Но, денес е и без пари. А со 18 милијарди евра мислам дека многу што можеше оваа Влада да стори за своите граѓани. Да, оваа Влада стори многу. Но, не за своите граѓани, туку за своите проекти и членови. Ова што јас го пишувам овде, гласно го изговараат низ целата земја македонски граѓани кои обесправени како Козле Бозле од прочуениот цртан филм, со скршени срца и стапот на рамо на кој е закачена мала вреќа со намирници за еден ден, одлучно бегаат од Македонија, што подалеку ... Проколната земја. Понатаму, денес сваќаме дека сите ние сме биле само гола примитивна причина за испумпување цифри од буџетот по разни основи, сме биле разни сегментирани таргети, сме биле “човечиња” и “суштества”, “копиљаци” и “идиоти” ... Ние сме биле само гола мета на која тие мавале пикадо во време на разонода ... лечеле комплекси и фрустрации ... Разни инспекции не казнуваат, да си подготвуваат “докуметчиња и фактурчиња” со кои си набавуваат разни задоволства, како да е се ова имот од дедо им. Жал за нив е што од дедо им немаат ништо, а трагедија за сите нас е што од наши пари мираз спремаат. Кога сето ова се слуша јавно, ова само покажува дека ним таму не им е местото.... Затоа, тие де факто се веќе надвор од власта. Повеќе никој не верува во нивните басни. Нивните изјави повеќе не создаваат “пеперутки во стомакот”, како во 2006 година кога на големо ја лансираа големата македонска преродба во 100 чекори. Револтот на граѓаните е евидентен. Ќе се зголемува уште повеќе ... Не знам што и дали мисли Груевски. Тој е сега во состојба да менаџира со она што останува да се менаџира ... Општеството и вредностите во него се девастирани... Повеќе никој не зборува за проектите од неговата програма, не се важни ниту странските инвестиции, тие не се важни дури ниту за неговите поддржувачи и членови ... Долгото владеење на неговата партија создаде повеќе илјади моќни локални ликови кои едноставно не се научени, и не се ментално способни да се носат со ваков тип на афери. Најпрво беа арогантни, а сега се променија... Деновиве и јавно зборуваат единствено на темата како да се тргнат настрана и да не биде предмет на опсервација .... Стравот кај нив е голем. Дилемите уште поголеми...
Со оваа земја не владее некоја длабоко фундирана власт која својата силина и моќ ја црпи од суштински дефинирана идеологија, со јасни констанци и секвенци проектирани во историјата. Ниту, пак, спротивно на ова, оваа власт не е ниту некој NEW WAVE- нов бран... Напротив. Тоа време и таа шанса одамна ја изгубија. Сакам да кажам дека Груевски се помалку има што да менаџира ... Некои работи се егзактни и емпириски... И важат секаде во светот. Генерациите се менуваат. Тие што имале само 9 години кога тој дојде на власт денеска гласаат. Трендовите се контра сегашните македонски власти... Ветровите дуваат толку силно што за извесно време, никој не може да процени за колку време во блиската иднина, од оваа владина екипа ке гледаме само “гола олупина”. Оттука, залудни се сите владини отпори на сеграѓанскиот отпор кон власта кој е многу евидентен. За брзо време отпорот на Груевски ќе биде минијатурен наспроти ветрот што ќе го предизвика ставот на сите македонски граѓани, силината на шаренилото од развиорените знамиња на
сите заедници кои живеат во Македонија. Гласот и силината на испеаната македонска химна пред свежо искречената зграда покрај Вардар. На овој бран не може да му се контрира со контра протести. Сепак, ако партијата на власт организира контра протести, тогаш можни се повеќе деструктивни сценарија... Ќе се намали просторот за мирни протести на опозицијата. Но, ќе се отвори широк простор за брзо паѓање на власта. Нема таква сила во Македонија која може во моментот да спроведе владеење со челична рака, што би подразбирало вонредна состојба, репресии и ќотек и да ги врати граѓаните дома и да ги одврати од протестите со сила... Оваа земја не е ниту Русија, ниту Украина, ниту е Белорусија... nnn
www.kapital.mk
Капитал број 811 15.05.2015
10 НАВИГАТОР
ИЗЈАВА НА неделата
Згаснуваат се повеќе ком
> БРОЈКА
133
милиони евра е нето извозот од зоните во 2014 година
Александер Граф Ламсдорф
Груeвски мора да се повлече како препрека на патот за намалување на меѓуетничките тензии.
потпретседател на Европскиот парламент
Д
ури 576 компании згаснале во последните три години во преработувачката индустрија, што е намалување од 7.5%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Бројот на компании во 2012 бил 8.251, додека на крајот на 2014 тој изнесувал 7.675. Исто така, за 1.1% е намален бројот на активни компании во индустријата за рударство и
победник на неделата
Започнува ли разврската на политичката к
"Булдужер" диплом заигра во Македон Дејвид Камерон
+
Иако многу од рејтинг агенциите во Велика Британија на големо тврдеа дека изборите во оваа држава ќе бидат највозбудливите до сега, и како никогаш претходно до последен момент, нема да се знае победникот, премиерот на Велика Британија, Дејвид Камерон, на чело на Конзервативната партија, со мнозинство гласови е апсолутен победник на изборите кои минатиот четврток се случија во Обединетото Кралство. Со освоено 331 место во Долниот дом на Парламентот од вкупно 650, Камерон има апсолутно мнозинство сам да создаде влада, без истата да зависи од било какви преговори со други евентуални коалициони партнери, мнозинство какво оваа партија нема постигнато уште од 1992 година. Но комоцијата со која располага од изборните резултати за состав на влада по своја мерка, не ја има и во однос на ветувањата дадени во изборната кампања. Ако беше голем предизвикот со кој се соочи Камерон на крајот од првиот мандат, референдумот за независност на Шкотска, сега тој ќе се соочи со уште поголем, веќе одамна ветениот референдум за излез или не од Европската унија, закажан за 2017 година. Резултатите од истиот ќе го покажат правецот според кој треба да владее Камерон во наредните години од мандатот.
K
Како речиси никогаш досега, дипломатскиот кор составен од најмоќните држави во светот, САД, ЕУ, Германија, Велика Британија, Франција и Италија, ги симна дипломатските ракавици и со директен и јасен јазик се обрати до сите поголеми политички чинители во земјава, со цел да се стави крај на длабоката политичка криза во земјава, која кулминираше со инцидентот во Куманово, каде загинаа осум припадници на полицијата.
Ваквата одлука на амбасадорите дојде, откако индивидуалните повици, кои прво дојдоа од американскиот амбасадор Џес Бејли, а потоа и од германската амбасадорка, Кристине Алтхаузер, а упатени до лидерите на партиите, не вродија со плод. Во своите препораки, амбасадорите се прилично јасни. Ако се тргнат на страна барањата кон владините партнери, ВМРОДПМНЕ и ДУИ за расветлување на наводите за злоупотребите објавени во „бомбите“, како и барањето до опозицијата да се врати во парламентот, останатите се однесуваат на областите кои со години се на критика во сите меѓународни извештаи- слобода на говор, слобода на медиуми, независно судство, изборен законик. На кратко вредностите и принципите по кои се владее во западно европските демократии. Но, освен критиките кои ги упатија амбасадорите, од нивните забелешки може да се насетат и идните чекори што се бара да ги преземат политичките лидери во наредниот период. Една од препораките доставени до
www.kapital.mk
Капитал број 811 15.05.2015
11
мпании вадење камен, а најмногу фирми, 151, згаснале во индустријата за производство на облека. Бројот на компании за производство на текстил е намален за 35, додека во кожарската индустрија за 46. Во индустријата за производство на дрво згаснале 84 фирми, а за производство на храна 29 компании. Зголемување на активни фирми има во индустријата за снабдување со електрична енергија и гас за 12%.
> БРОЈКА
мисла на неделата
43%
Бизнисменот мора да разбере дека најголемите работи во светот не се материјалните
е намалено производството на шумски производи во првото тромесечие годинава во однос на лани
лидери
Карлос Слим
мексикански милијардер
губитник на неделата
криза во земјава?
матијата нија
Јасните и без дипломатски ракавици испорачани барања на амбасадорите на најмоќните држави почнуваат да ја размрдуваат длабоко поделената политичка сцена. До што точно треба да доведат препораките, тешко е да се претпостави. Тоа многу зависи и од степенот до кои политичките лидери ќе ги исполнат барањата кои ги испорачаа амбасадорите. Дали ова води до преодна влада и нови предвремени избори, или не, времето ќе покаже. Сепак, преземањето на какви-такви чекори од страна на партиите, упатува дека разврската на политичката криза започнува...
премиерот Груевски, барем навидум почнува да вродува со плод. Оставките на министрите, за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска и транспорт и врски, Миле Јанакиевски, како и директорот на ДБК, Сашо Мијалков наведуваат на заклучок дека ВМРО- ДПМНЕ веќе ја презема одговорноста која се бара од нив во однос на објавените разговори. Топката сега е кај ДУИ, од кои според реториката на амбасадорите се бара „конкретен став и преземање одговорност“ за иднината на Македонија. Кој ќе биде конкретниот став на ДУИ, веројатно ќе се знае деновиве. ДУИ веќе закажа централно претседателство на кое треба да одлучи како понатаму. На крајот останува и условот упатен до лидерот на СДСМ, Зоран Заев, од кој се бара да се врати во Собранието, со што би се ставило крај на политичката криза. До што точно треба да доведат ваквите препораки, тешко е да се претпостави. Тоа многу зависи и од степенот до кои политичките лидери ќе ги исполнат барањата кои ги испорачаа амбасадорите. Дали ова води до преодна влада и нови предвремени избори, или не, тешко е да се претпостави. Сепак, преземањето на какви- такви чекори од страна на партиите, упатува дека разврската на политичката криза започнува... nnn
Џон Кери
Посетата на Кери во Русија која доаѓа во момент кога односите меѓу Вашингтон и Москва се заладени поради конфликтот во Украина е навистина лидерски потег
Франсоа Оланд
е привот запдноевропски државник, кој во Хавана имаше средба со кубанските револуционерни лидери, Фидел и Раул Кастро, и кој повика да се стави крај на ембарго врз Куба
не им беше неделата
Јанис Варуфакис
„Финансиите на Грција се во извонредно лоша состојба“, предупреди Варуфакис и побара од ЕУ нова финансиска помош за Грција
Миле Јанакиевски
После цели девет години поврзани со бројни афери и контроверзии под притисок на јавноста Јанакиевски поднесе оставка
_
Гордана Јанкуловска Една недела откако министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска децидно рече дека нема причини зошто би поднела оставка, оставката сепак се случи. Иако дојде под силен притисок од дипломатите на најмоќните држави во земјава, Јанкуловска сепак се соочи со она што јавноста одамна го бараше од нејзе. Секако, чашата веројатно ја прели недобро подготвената акција во Куманово, за која иако од МВР соопштија дека најдобро се соочиле со истата, сепак жртвите, дури осум, зборуваат за силни слабости и пропусти во акцијата. Згора на тоа, многуте шпекулации и разно- разни сценарија, на кои им кумуваат добро пласирани медиумите во регионот и странство, кои се повикуваат на свои упатени извори, фрлаат сомнеж на координираноста и стручноста не само на Министерството за внатрешни работи туку и на разузнувачките служби во земјава. МВР водејќи речиси тајна и нетранспаретна истрага, остава простор секој да си носи свои заклучоци, со што се поткопува довербата во органот, кој треба да биде гарант за безбедноста и сигурноста на граѓаните во земјава.
Капитал број 811 15.05.2015
12
www.kapital.mk
COVER STORY
тонење во преродба
!
www.kapital.mk
о а
Капитал број 811 15.05.2015
"Вештиот политички маневар", како што медиумите преку кои власта се обраќа ги оценија оставките на Јанкулоска, Јанакиески и Мијалков, дојде ден по изјавата на амбасадорите на најмоќните европски држави и на САД, дадена по средбата со премиерот. По острината на оваа изјава што ја пробива границата на дипломатскиот речник може да се претпостави дека зад затворени врати Груевски добил понуда што не можел да ја одбие. Во образложенијата на оставките пишува дека се поднесени поради политичката криза, односно, за со нив да се помогне во нејзиното надминување. А ако ова е причината, тогаш се знае чија оставка најмногу би придонела во контекстот. Очигледно се остава простор ако „маневарот“ не успее оставките да продолжат нагоре, па, тогаш и „поимот“ техничка/ преодна влада ќе престане да звучи толку страшно
Г
13
пишува:
Максим Ристески
maksim.risteski@kapital.mk
Голема жртва од перспектива на премиерот Никола Груевски, мала, според лидерот на опозицијата Зоран Заев, се оставките на министрите за внатрешни работи и за транспорт и врски, Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески, и на директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков. Медиумите преку кои вообичаено се обраќа власта, ги нарекоа вешт политички маневар. А според Заев, оставките се „само чекор до крајот на Никола Груевски“, и затоа „не е време за триумфализам“. Но, колку и некој да сака да ги прикаже како „вешт политички маневар“, тие неспорно го најавуваат падот на Владата на премиерот Никола Груевски. Зашто во образложенијата на оставките наместо назнаки за понесена одговорност, дури ниту морална, пишува дека и Јанкулоска, и Јанакиески, и Мијалков, ги поднесуваат поради политичката криза, односно, за да помогнат во нејзиното надминување. А ако ова е причината и начинот на кој Владата во оваа фаза се поставува кон политичката криза, тогаш се знае чија оставка најмногу би придонела за надминување (на кризата). Затоа трите први оставки изгледаат само како почеток на големите влогови на Груевски што ќе доведат до покерашкото all-in, односно, се прв влог за да се остане во игра, за да не падне премиерот, што би значело и целата Влада. Ако овој потег се покаже недоволен, логично е дека оставките ќе продолжат нагоре, па, тогаш и „поимот“ техничка влада (во меѓувреме почна да се именува како преодна) ќе престане да звучи толку страшно. А ако не повеќе, тогаш барем хронологијата упатува дека оставките се производ на амбасадорската офанзива на Илинденска. Заминувањето на првата тројка дојде ден по средбата на амбасадорите на САД, на ЕУ, на Велика Британија, на Германија, на Франција и на Италија, со премиерот Груевски. Пораките што во име на амбасадорите ги соопшти Американецот Џес Бејли беа толку јасни и неподложни за спинување, што дел од медиумите одлучија да ги премолчат, односно, да пренесат само еден дел од нив. Оној со осудата на насилството во Куманово и со соодветното жалење и сочуство за загинатите припадници на полицијата. А клучно е што амбасадорите ден по завршувањето на акцијата во Куманово, за да не се дефокусираме од суштината на проблемот во Македонија, побараа законска и политичка одоговорност (а особено политичка одговорност се знае како се поднесува) „во однос на објавените разговори кои откриваат јасно неприфатливо однесување од страна на владините претставници“. Потенцираа голема загриженост упатена до премиерот што Владата не постигнала напредок „за одговорноста во врска со многуте наводи за злоупотребите на Владата што произлегуваат од обелоденувањата“.
www.kapital.mk
Капитал број 811 15.05.2015
14
COVER STORY
Р
О Алберт Муслиу политички аналитичар
ставките се дел од стратешките потези, тенденцијата е преку нив Груевски да се обиде да ја смири ситуацијата и да ја дефокусира и опозицијата и јавноста од потребата од поголема смена во Владата. Особено после Куманово можното решение оди кон департизација на Владата и на институциите што може да се постигне со преодна влада.
Оваа неактивност, според дипломатите, фрла сериозни сомневања во однос на владината посветеност на демократските принципи и на вредностите на евроатлантската заедница. А продолжувањето на неуспехот да се покаже оваа обврска со конкретна акција ќе го поткопа напредокот на Македонија кон членство во Европската унија и во НАТО. Ако овие јавно искажани пораки на амбасадорите се толку остри и директни што се на границата на дипломатскиот речник, можеме да замислиме на што бил изложен премиерот зад затворени врати. Сè изгледа дека добил понуда што не можел да ја одбие. Претходно истиот ден, и еврокомесарот за преговори за проширување и соседска политика, Јоханес Хан, посочи дека настанот во Куманово не треба да им го одвлече вниманието на Владата и на опозицијата од политичката криза во земјата. Истиот ден - денот по завршувањето на акцијата во Куманово, и бугарскиот премиер Бојко Борисов, иако предводи сес тринска партија на ВМРО ДПМНЕ (неговата ГЕРБ е, исто така, десноцентристичка и конзервативна), но, и се смета за балкански портпарол на германската канцеларка Ангела Меркел, побара оставка од неговиот македонски колега Никола Груевски. „Јас дадов личен пример како се прави тоа кога имате недоверба поради една или друга причина“, изјави Борисов, а за да ја олесни пораката, додаде дека „така се враќа довербата“.
И на Ахмети не му е лесно
Следниот голем чин во драмата се очекува од ДУИ. Како и да одигра албанскиот коалициски партнер во Владата - за излегување или за останување, тоа ќе биде важна индикација. Али Ахмети деновиве е изложен на не помал (од оној што го трпи Груевски) здружен притисок од амбасадорите на најмоќните европски
Насер Зибери политички аналитичар
ационалното размислување би било Груевски конечно да се повлече од ставот дека нема техничка влада. Ситуацијата секако не е комотна за него, а притисокот се зголемува и од меѓународниот фактор и од дома. Ова, се чини, се последните моменти кога тој може да се врати на преговарачката маса за барањата на Заев за формирање преодна влада.
Од Ахмети странците побараа став. Тој избра да продолжи да ја дели судбината на Владата држави и на САД, а има репутација на најкооперативен играч во однос на политиките што доаѓаат од Запад. Амбасадорите од лидерот на ДУИ јавно побараа да заземе став, а зад затворени врати сигурно му сугерирале и каков да биде (ставот). „Сега, повеќе од било кога, се надеваме дека ДУИ ќе заземе став и ќе го употреби своето влијание за доброто и за иднината на сите македонски граѓани“, изјави италијанскиот амбасадор Ернесто Белели по средбата со Ахмети. Во случај ДУИ да сака да излезе, односно да ја бутне Владата, со своите 20 пратеници, плус 31 на СДСМ, заедно со четирите гласа што ги прават ЛДП (еден), двете независни пратенички (кои не го испочитуваа
бојкотот на СДСМ - Буралиева и Грчева), и Лилјана Поповска од ДОМ (која ја напушти владината коалција), има 55 гласа, или седум помалку од потребното (62) за обезбедување мнозинство што според Уставот може да изгласа недоверба на Владата. Ако курсот е Владата да паѓа, ќе мора за целта да се обезбеди поддршката на седумте пратеници на Мендух Тачи, односно на ДПА. Во ваков случај, за ВМРОДПМНЕ да ја задржи власта, повторно е клучна ДПА, и евентуално помалите коалициски партнери на партијата на Груевски. Тој има 52 пратеници, на кои со седумте на неизвесниот Тачи, им недостасуваат тројца за мнозинство, што би требало да ги обезбедат од коалициски
Македонија влегува во политичка драма. Оставки! Дали ќе го сопрат слободниот пад на Владата?!
www.kapital.mk
Капитал број 811 15.05.2015
15 Амбасадорите очигледно располагаат со информации дека Македонија влегува во многу турбулентна фаза, и свесни се дека нивната реакција мора да биде директна
Г
Нано Ружин
поранешен амбасадор во НАТО
руевски е многу несигурен и бара дијалог од оние позиции што му остануваат во сè потесниот простор за маневри. Повеќе се работи за спасување на кожата отколку на неговиот мандат.
l По реакцијата
на Заев за оставките сите сфатија дека кога направи лапсус со опашката, всушност мислел оти рибата смрди од главата
партнери со по еден пратеник (некои од нив се поизвесни, некои и не толку за ВМРОДПМНЕ) - Иван Стоилковиќ (Демократска партија на Србите), Чедомир Саздовски (ГРОМ), Павле Трајанов (Демократски сојуз), Ќенан Хасипи (Демократска партија на Турците) и Амди Бајрам (од Сојузот на Ромите). ДУИ засега не излегува од Владата - партијата во Собранието го поддржа изборот на наследниците на Јанкулоска и Јанакиески, а координаторот на пратеничката група, Талат Џафери, изјави дека не се точни информациите оти
некој од министрите кои се членови на ДУИ поднесува оставка. Рече и дека партијата останува дел од владината коалиција. Ова, во комбинација со амбасадорската порака до Заев да се врати во Собранието, наликува на остварување на планот што би произлегол од реговорите меѓу ВМРО ДПМНЕ и СДСМ што се одвиваа(т) со посредство на европратениците Едвард Кукан, Ричард Ховит и Иво Вајгел, а за кој, повикувајќи се на извори во Брисел, пишуваше порталот Нова уште на 29 април. Според овој план, во кој би
учестувале и ДУИ и ДПА, преговарачкиот процес би довел до создавање Собраниска анкетна комисија за расчистување со сите контроверзи на политичката криза, и на случајот „Пуч“, и на она што произлегува од објавеното со „бомбите“ на Заев. Дека ВМРО-ДПМНЕ сака да увери оти дејствува по овој план се покажа и од заклучокот на потпретседателите на Собранието и на координаторите на пратеничките групи, постигнат на средбата кај спикерот Трајко Вељаноски, дека прислушуваните разговори треба да ги
Заев: Ќе се вратиме во Собрание по оставката на Груевски
www.kapital.mk
Капитал број 811 15.05.2015
16
COVER STORY
Се спушта ли на земја темата преодна влада?
С
имптоми дека премиерот Никола Груевски веќе ниту (барем) јавно не може да го игнорира притисокот, аналитичарите препознаваат и во поканата до лидерот на опозицијата, Зоран Заев, за седницата на Советот за безбедност, иако, на последниот како обвинет во случајот „Пуч“ му е одземен пасошот, но, во Вилата Водно тоа не пречело да потпише безбедносен сертификат. „Паниката и изгубеноста на оваа Влада се огледа и во поканата до Заев да присуствува на седницата на Советот за безбедност. Поканата е јасен знак дека Груевски се наоѓа под голем притисок, и од надворешниот фактор, и од материјалите што ги објавува Заев кои мобилизираат сè повеќе незадоволни меѓу народот. Груевски е многу несигурен и бара дијалог од оние позиции што му остануваат во сè потесниот простор за маневри. Повеќе се работи за спасување на кожата отколку на неговиот мандат“, вели универзитетскиот професор и поранешен амбасадор на Македонија во НАТО, Нано Ружин. Има шпекулации дека поканата и учеството на Заев на седницата на Советот за безбедност значат ако не веќе
анализира посебна анкетна комисија, со која би претседавал пратеник од опозицијата, а би се формирала кога пратениците од опозициските партии би се вратиле во Парламентот. А Заев на последната прес-конференција јасно кажа дека во Парламентот ќе се вратат само по „оставката на Никола Груевски за да ги дефинираме чекорите што ќе
почнати разговори, тогаш барем намера од страна на премиерот да прифати да разговара за опцијата за излез која досега најодлучно ја отфрла - преодна влада. „Рационалното размислување би било во таа насока, Груевски конечно да се повлече од ставот дека нема техничка влада. Ситуацијата секако не е комотна за него, а притисокот се зголемува и од меѓународниот фактор и од дома. Ова, се чини, се последните моменти кога тој може да се врати на преговарачката маса за барањата на Заев за формирање преодна влада“, вели поранешниот пратеник и министер Насер Зибери. А што се однесува до задачите што ќе ги добие евентуалната преодна влада во својот мандат, се чини, повеќе од јасно агендата и ја поставија амбасадорите, во изјавата што во нивно име по средбата со Груевски ја даде Бејли. Тука се подразбира непристрасен третман на содржината на материјалите што ги објавува Заев, што значи независно судство и обвинителство, потоа, враќање на Македонија на патот на евроатланските интеграции и вредности, изборна реформа, гаранции за слободата на медиумите и на говорот.
водат до преодна влада“, со што одговори и на барањето на амбасадорите за враќање на опозицијата во Собранието за да помогне во надминувањето на политичкиот ќорсокак. Опозицискиот лидер во истата пригода (индикативно за неговата поставеност кон притисокот од амбасадорите) изјави и дека „нема ништо од разговорите во Брисел“. Според
него, овие разговори прекинале уште пред неколку недели. Очигледно влогот на Заев е протестот на 17 мај, на кој, според информациите од коалициските патнери на ВМРО-ДПМНЕ, власта ќе се обиде да одговори со контрапротест веќе следниот ден, на 18 мај, со сите безбедносно дестабилизирачки ризици што ги подразбира. nnn
Странците ја најдоа точката на топење на Груевски, за да не дојде до точка на пукање
Капитал број 811 15.05.2015
18
www.kapital.mk
капитал анализа
Македонија влегува во политичка драма
Бизнисот ги брои првите жртви од кризата. Паѓа извозот, инвестициите во стенд бај... Последните неколку дена во Македонија се случува една од најголемите политички кризи после конфликтот од 2001 година. Сите овие настани, почнувајќи од бомбите на опозицијата до конфликтот во Куманово, сериозно се одразуваат врз бизнисот. Паѓа извозот, странските и домашните инвестиции се стопираат, паѓа потрошувачката на домашниот пазар, се откажуваат нарачки од странство... Капитал направи анкета со над 20 македонски бизнисмени за тоа какви се последиците кои ги трпат од политичката драма која и се случува на Македонија и кои се нивните очекувања и пораки до политичарите.
www.kapital.mk
Капитал број 811 15.05.2015
19
Н пишува:
27% 15% 7,4%
пад на странските инвестиции
падна извозот во март
падна увозот
Биљана Здравковска Стојчевска biljana.zdravkovska@kapital.mk
Намалување на извозот и увозот, намалување на странските инвестиции, стопирање да домашните инвестиции, намалена потрошувачка на домашниот пазар, откажување на нарачки, вложување на ликвидноста ...Ова се првите штети кои бизнисмените ги почувствуваа на своја кожа од политичката криза во која се наоѓа Македонија веќе три месеци откако почна објавувањето на бомбите, а која кулминираше со вооружениот конфликт кој се случи изминатиов викенд. Анкетата која Капитал ја направи меѓу повеќе од дваесетина македонски бизнисмени покажува дека овие штети ќе бидат уште поголеми ако набрзо не се надмине психозата и неизвесноста во земјата. Први на удар ќе бидат туризмот и земјоделството, а потоа и металната индустрија и другите индустрии. Прогнозите на стопанствениците се дека реалните штети во домашната економија ќе бидат видливи по втората половина од годинава. Но, дури и да се надмине политичката криза по мирен пат, односно без понатамошно влошување на безбедносната состојба, сите очекуваат тежок период во економијата. Бизнисмените се песимисти дека Македонија ќе успее да го исполни економскиот раст кој се планира за годинава, бидејќи државата, која е најголем носител на растот, нема да има финансиска сила да ги направи ветените капитални инвестиции, посебно заради фактот што во овој период власта ќе дава приоритет на популистички мерки. Како што Капитал пишуваше во изминатиот број буџетот веќе се соочува со големи притисоци. Приходите од ДДВ, кој е најголем полнач во буџетот во првите три месеци годинава се намалени како последица на слабата економска активност на бизнисот
и намалената потрошувачка. Од друга, новите ветувања кој премиерот Никола Груевски ги даде на партиските трибини изминатиов месец, од кои некои стапија на сила експресно брзо, го чинат буџетот десетици милиони евра. Оттука, оправдани се стравовите на бизнисмените дека политичката криза ќе ја парализира економијата.
Бизнисмените во офсајд
Сите бизнисмени потврдија дека со политичката криза во земјава се многу претпазливи и ги одложуваат сите непотребни трошења. Сите инвестиции кои ги планирале се на стенд бај и одложени на некои подобри времиња. Изминатиов период, а посебно по избувнувањето на вооружениот конфликт во Куманово, се соочуваат со зачестени повици и прашања од нивните партнери од странство кои сакаат да се информираат како стојат работите на терен и дали можат да ги испорачаат договорените обврски. И покрај напорите да ги уверат странските партнери дека состојбите не влијаат врз конкретните зделки, сите се во страв дека неизвесноста во земјата ќе им го отежне склучувањето на нови зделки. “Политичката ситуација во земјава отвара можност нашите конкуренти да не исфрлат од игра. Сега имаат оправдување да кажат иако вие сте најевтини и најдобри поради политичкава ситуација вие нема да бидете во играта. На вакво размислување не тера нашето искуство, иако е уште рано да се каже. Заради оваа неизвесна ситуација ќе ни биде уште потешко да ги добиваме работите во странство, каде што предност имаат домашните фирми. Ова отвара простор да ни ги намалат дополнително цените и на крај да не исфрлат од пазарот”, вели Аце Антевски, директор на Раде Кончар.
Се намалуваат и странските инвестиции
О
чигледно политичката криза веќе почна да се одразува и врз странските инвестиции. За првите два месеци годинава, според податоците од Народната банка, во Македонија влегле странски идректни инвестиции близу 47 милиони евра. Истиот период лани странските инвестиции биле на ниво од 64 милиони евра, што е пад од близу 27%. Ако се гледа по месеци, странските инвестиции во јануари изнесувале 34,4 милиони евра, додека во февруари се регистрирани инвестиции од само 12 милиони евра, за разлика од февруари лани кога инвестициите биле дури 37 милиони евра.
www.kapital.mk
Капитал број 811 15.05.2015
20
капитал анализа
Н
Л
ошите информации за политичката и безбедносна состојба во земјата веќе кружат во светот, а со тоа се донесува во прашање сигурноста на испораките. Сигурно е дека нашите купувачи веќе бараат алтернативни решенија за своите набавки. Потребно е брзо надминување на кризата со испорачување итни конкретни договори за стабилизирање и со истите да се запознае Европа и светот. Потребно е итно прекинување Никола со непродуктивните трошења и пренамена Ветаџокоски на тие средства за евентуална помош на основач на Виталиа најзагрозените делови од стопанството.
Антевски очекува дека ќе има проблем и со ликвидноста на домашниот пазар. “Проблемите со ликвидноста се познати од поодамна, а сега со политичката ситуација можеме да очекуваме само заострување”, вели Антевски. Дане Јованов, генерален менаџер на винарија Стоби за Капитал вели дека во изминативе денови добил над 15 повици од нивните странски партнери во кои се распрашуваат што ќе се случува и каква ќе биде ситуацијата во иднина. “Апсолутно дека високата доза на неизвесност и психозата која се создава се одразува и на целокупната економска состојба во државата, во смисла на намалување на финансиската активност, бидејќи сите во вакви неизвесни моменти чекаат подобри времиња. Луѓето штедат и на лична потрошувачка, се е едноставно стопирано”, вели Јованов. Од Стоби велат дека засега не чувствуваат доцнење и потешкотии со наплатата, но очекуваат дека сепак се ќе зависи од тоа како ќе се развиваат настаните и дека треба да се почека времето да покаже во кој правец ќе се развива кризата. И Ирена Јакимоска, генерален менаџер на Конфи Ангел потврдува дека во изминатиов период странските партнери се загрижени за состојбата во земјава. “Иако нашето работење најмногу зависи од нас самите, во изминатиов период имавме ситуација во која голем дел од купувачите во странство беа загрижени и прашуваа што се случува. Се трудиме да ги убедиме дека се е во ред и дека нема
Митко Алексов
Сојуз на стопански комори
да има никакви последици по нивното работење. Се надеваме дека ќе се смири ситуацијата и дека ќе ги надминеме сите овие работи. Единствен начин како можеме да успееме е само преку економијата”,вели Јакимоска. Таа вели дека со ликвидноста немаме никакви проблеми, но дека е тоа пред се заради тоа што тие се плаќачи во Македонија, а ним им плаќаат од странство. Генералниот директор на Прилепска пиварница, Сашо Самарџиоски смета дека во последните неколку дена се случува една од најголемите политички кризи во земјава после конфликтот од 2001 година и сите овие настани сериозно се одразуваат врз бизнисот. „Токму кога помисливме дека светската економска криза е минато и очекувавме дека како компании ќе работиме подобро, се соочуваме со нов ризик од политичка природа на кој што мора да се адаптираме. Политичката стабилност е клучен фактор кога некоја компанија одлучува дали ќе инвестира во една земја или сепак, ќе одбере друга дестинација. Овие настани без сомнение ќе остават негативни последици врз привлекувањето на странски инвестиции бидејќи капиталот е како зајак – на првиот шум во грмушката ќе избега. Се надевам дека ќе се најде начин актуелната политичка криза што побрзо да се разреши во интерес на сите компании но и граѓани на Македонија“, оценува Самарџиоски. Никола Ветаџокоски, претседател на
естабилноста, директно влијае врз бизнис секторот, посебно кај компаниите кои планирале инвестиции и развој можно е да дојде до преиспитување на претходно донесените одлуки. Евидентно е намалување во делот на личната потрошувачка. Постојат индикации во одредени сектори за откажување на нарачките и преиспитување на обемот за следниот период.
борд и основач на Виталиа смета дека доколку оваа состојба потрае може да се очекува влошување на условите за работење и соочување со значаен пад на продажбата во земјата и уште повеќе во странство. “Лошите информации за политичката и безбедносна состојба во земјата веќе кружат во светот, а со тоа се донесува во прашање сигурноста на испораките. Сигурно е дека нашите купувачи веќе бараат алтернативни решенија за своите набавки. Бидејќи работиме во секторот прехрана оваа криза ќе ја почувствуваме последни. Но, останатиот дел од стопанството очекувам кризата да ја почувствува многу побргу”, вели Ветаџоковски. Тој порачува дека е потребно е брзо надминување на кризата со испорачување итни конкретни договори за стабилизирање и со истите да се запознае Европа и светот. “Потребно е итно прекинување со непродуктивните трошења и пренамена на тие средства за евентуална помош на најзагрозените делови од стопанството”, смета Ветаџоковски. Во Виталија засега немаат најави за откажување на договори, но ги загрижува можноста од превентивно делување на странските партнери преку кратење на нарачките. Ветаџоковски вели дека засега не чувствуваат застој во плаќањата помеѓу домашните деловни субјекти, ниту застој на девизните приливи од странство. Од Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) се надеваат на брзо
www.kapital.mk
Капитал број 811 15.05.2015
22
капитал анализа
Л ИВАН Бановски директор на Макстил
огично нарушената политичка и безбедносна стабилност покрај на вложувањата се рефлектира и на потрошувачката, што во услови на криза е исклучително неповолна ситуација за бизнисот. Оттука, кога властите вложуваат огромни напори за привлекување на странски инвестиции, треба да се подеднакво ангажирани и на обезбедувањето на политичка и безбедносна стабилност во земјата. Сигурно одговорност треба да се бара и од останатите политички субјекти во државата.
разрешување на политичката криза за да се спречат поголеми негативни влијанија врз стопанството и економијата воопшто. “Проекциите кои ги имавме за економски раст во наредниот период, очекуваме дека ќе се остварат, но ќе треба да се земат со резерва поради новонастанатата ситуација. Бизнис секторот почна да ги чувствува сите овие негативни ефекти кои што се случуваат. Нестабилноста, директно влијае врз бизнис секторот, посебно кај компаниите кои планирале инвестиции и развој можно е да дојде до преиспитување на претходно донесените одлуки. Евидентно е намалување во делот на личната потрошувачка. Постојат индикации во
В
о последните неколку дена се случува една од најголемите политички кризи во земјава после конфликтот од 2001 година и сите овие настани сериозно се одразуваат врз бизнисот. Токму кога помисливме дека светската економска криза е минато и очекувавме дека како компании ќе работиме подобро, Сашо се соочуваме со нов ризик од Самарџиоски политичка природа на кој што генералeн директор на мора да се адаптираме. Прилепска пиварница
одредени сектори за откажување на нарачките и преиспитување на обемот за следниот период”, вели Митко Алексов од Сојузот на стопански комори. Иван Бановски, директорот на Макстил вели дека се уште е рано да почуствуваат директни реакции и неповолни сигнали од пазарот по последните ескалации на кризата, но многу е веројатно дополнително да го влошат работењето. “Логично нарушената политичка и безбедносна стабилност покрај на вложувањата се рефлектира и на потрошувачката, што во ус лови на криза е исклучително неповолна ситуација за бизнисот. Оттука, кога властите вложуваат огромни напори за
привлекување на странски инвестиции, треба да се подеднакво ангажирани и на обезбедувањето на политичка и безбедносна стабилност во земјата. Сигурно одговорност треба да се бара и од останатите политички субјекти во државата”, вели Бановски. Речиси сите економисти предупредуваат дека последиците врз економијата од евентуално ескалирање на кризата може да бидат разорни. Бизнисмените се едногласни дека на бизнисот му треба политичка и безбедноста стабилност и извесност. Никој нема сомнение дека политичката криза може негативно да се одрази врз сентиментот на инвеститорите, во смисла на нивно воздржување од вложување, додека не видат поголема извесност во земјата. Притоа, не е ова правило само за странските инвеститори, туку секако и за домашните. Многу експерти предупрадуваат дека од времетраењето и интензитетот на политичките превирања ќе зависи како ќе се однесуваат и потрошувачите, што се заедно може да го доведе под прашање остварувањето на проектираниот раст за оваа година. nnn
Извозот падна за 15%
И
звозот на Македонија во март изнесува 350 милиони долари и е за 15% помал во однос на истиот месец лани. Пад има и кај увозот кој во март изнесуваше 570 милиони долари и е за 7,4% помал во однос на ланскиот март. Ако се анализира вкупниот извоз за првите три месеци годинава тој изнесува 1,025 милијарди долари и е за 8,1% помал од првото тромесечие лани, додека увозот во истиот период е паднат за 14,3%. Ова е втор месец по ред како што извозот бележи пад. Извозот во февруари беше помал за 11,8% во споредба со истиот период лани.
www.kapital.mk
Капитал број 811 15.05.2015
23
В
П
Аце Антевски директор на Раде Кончар
олитичката ситуација во земјава отвара можност нашите конкуренти да не исфрлат од игра. Сега имаат оправдување да кажат иако вие сте најевтини и најдобри поради политичкава ситуација вие нема да бидете во играта. На вакво размислување не тера нашето искуство, иако е уште рано да се каже. Заради оваа неизвесна ситуација ќе ни биде уште потешко да ги добиваме работите во странство, каде што предност имаат домашните фирми”, вели Аце Антевски, директор на Раде Кончар.
Дане Јованов
генерален менаџер на винарија Стоби
о изминативе денови добив над 15 повици од нивните странски партнери во кои се распрашуваат што ќе се случува и каква ќе биде ситуацијата во иднина. Апсолутно дека високата доза на неизвесност и психозата која се создава се одразува и на целокупната економска состојба во државата, во смисла на намалување на финансиската активност, бидејќи сите во вакви неизвесни моменти чекаат подобри времиња. Луѓето штедат и на лична потрошувачка, се е едноставно стопирано.
Првите негативни ефекти би ги почуствувале во втората половина од годината
Г
увернерот на Народната банка Димитар Богов вели дека според досега расположливите макроекономски индикатори не се забележуваат некои позначајни ефекти врз економијата, но дека ако продолжи неизвесноста негативните ефекти би можеле да ги видиме во втората половина од годинава. “Вообичаено, во услови на неизвесност и несигурност, инвеститорите може да ги одложат своите инвестиции на подолго време, а некои, особено странските и целосно да се откажат од инвестирање во Македонија. Истовремено, потрошувачите соочени со неизвесност го намалуваат своето вообичаено трошење на најнеопходните добра. Сето тоа креира намалена побарувачка во економијата со негативен ефект врз производителите. Доколку ова веќе се
случува, првите ефекти врз макроекономските индикатори би ги забележале со заостанување од неколку квартали, односно во втората половина на годината”, вели Богов. Гувернерот уверува дека Народната банка внимателно ги следи сите оперативни индикатори, ги споредува со претпоставките од своите модели и ќе ги прилагодува своите политики со цел да ги исполни со закон определените цели, односно, ценовната стабилност преку стабилниот курс на денарот кон еврото, и стабилноста на банкарскиот систем, а доколку тие не се загрозени и да ги подржи економските политики.
ПОКАНА На 11 јуни 2015 година (четврток) во просториите на НБРМ, на 8. кат, со почеток во 14 часот, ќе се одржи 17. сесија на Клубот на истражувачите. Доколку сакате да го презентирате Вашиот работен материјал на оваа сесија на Клубот на истражувачите, Ве молиме да нè известите најдоцна до 28 мај 2015 година (четврток). Се надеваме дека ќе предизвикаме интерес кај Вас и кај Вашите колеги за учество на Клубот на истражувачите. Ве молиме да го потврдите Вашето присуство на оваа сесија на Клубот на истражувачите најдоцна до 8 јуни (понеделник) 2015 година на тел. +389 3 298 111; електронска пошта: marketing@kapital.mk Напоменуваме дека зачленувањето во Клубот е од отворен карактер, за што подетаљни информации можете да видите на следнава врска: www.nbrm.mk/Клуб на истражувачи.
Капитал број 811 15.05.2015
26
www.kapital.mk
Репортажа
Капитал низ тунелите и преку вијадуктите на автопатот Демир Капија - Смоквица Автопатот се гради со полна пареа. Завршен е првиот од шесте големи моста како и четирите витални тунели. Веќе се асфалтирани и првите километри од трасата на автопатот, а и на останатите мостови се работи интензивно и се очекува нивно скорешно завршување. Помеѓу изведувачите на градежните работи се дебатира околу евентуално одложување на пуштањето на патот неколку месеци после крајниот рок (август 2016), но според многумина се уште е возможно патот да биде завршен и навреме. Градежниците уште од сега го оценуваат автопатот како еден од најтешките кој воопшто го изведувале, а проценките велат дека тој двојно ќе го скрати патувањето помеѓу Демир Капија и Гевгелија.
Проценка: Автопатот Демир Капија- Смоквица ќе би
www.kapital.mk
Капитал број 811 15.05.2015
27 бројки:
270 28,18 8 6 4
милиони евра ќе чини целокупната изградба на автопатот
км изнесува вкупната делница која се гради
км пократко ќе биде патувањето помеѓу Демир Капија и Гевгелија
l Високи
З пишува и фотографија:
Дејан Азески
dejan.azeski@kapital.mk
Завршен е првиот од шесте големи моста на новиот автопат Демир Капија-Смоквица како и четирите витални тунели кои треба да го комплетираат македонскиот дел од Kоридорот 10. Веќе се асфалтирани и првите километри од трасата на автопатот, а и на останатите мостови се работи интензивно и се очекува нивно скорешно завршување. Ова новинарот на Капитал
мостови, длабоки и долги тунели, бројни надвозници и подвозницивака се премостува најнепремостливата инфраструктурна пречка во Македонија
успеа да го констатира на лице место од градилиштето каде што се привршува еден од најсложените инфраструктурни проекти во Македонија, а истовремено и помеѓу најзначајните за земјава и за регионот.
Околу 30 километри низ карпи, реки и долини
„Мајка на сите инфраструктурни проекти“. Така Светлозар Дотчев, тим-лидерот на екипата за надзор од меѓународната компанија Егис Интернационал ја опишува комплексноста на овој проект. „Во мојата 30 годишна кариера сум бил надзор на многу патишта. Некои биле рамнински некои планински и во зависност од тоа сме граделе соодветна придружна инфраструктура како мостови, тунели, надвозници, подвозници или што год други да било потребно. Е сега ретки се случаите каде што на малку километри е потребно сето тоа заедно. Таков е случајот со Демир Капија Смоквица каде што на нецели 30 километри имате шест големи моста, четири долги тунели и 12 надвозници и подвозници, две клучки и сообраќаен контролен центар.Во секој случај ова е еден од најкомплицираните проекти со кои сме
големи моста ќе има новиот автопат
тунели со должина од по 1,3 км се ископани на трасата на автопатот
се соочиле“ вели Дотчев. Неговите наоди имавме можност да ги потврдиме и на самиот терен. Турата ни започна низ стариот германски тунел ископан уште 1916 година низ една од масивните карпи во Демиркаписката клисура веднаш до брегот на надојдениот Вардар. Од тука имавме можност да го видиме почетокот или најинтересниот и најкомплициран дел од градбата. Имено за да се спои постоечкиот автопат Скопје Демир- Капија со новата траса се изградени два долги моста од двете страни на античката тврдина Просек, околу која тече Вардар, а самата карпа е пробиена со два тунели од по 1,3 км. Понатаму имавме можност да ги видиме сите шест големи мостови од кои најдолгиот е со големина од 600 метри, а највисокиот се издига над 70 метри над една навистина остра долина. Заменикот на одговорниот инженер Велизар Томов од компанијата Егис Интернешнл ни кажа дека во изградбата на мостовите е користена најсовремената техника која во моментов постои во светот- техниката на „кантар“.
иде завршен најдоцна до почетокот на 2017 година
www.kapital.mk
Капитал број 811 15.05.2015
28
Репортажа
Главниот изведувач Актор поврзан со бројни афери
Д
иректорот на грчката градежна фирма Актор, Леонидас Боболас, пред месец дена беше приведен под обвинение за даночно затајување. Како што јавија грчките медиуми тој дал исказ во обвинителство и потоа е пуштен на слобода откако се согласил да плати сума од 1.800.000 милиони евра на грчките даночни служби, пари кои според неговите адвокати заборавил да ги плати кон државата. Компанијата Актор во македонската јавност е позната и откако опозициската партија СДСМ минатата година обелодени афера поврзана токму со оваа комапнија. Имено СДСМ обвини дека грчки граѓани извлекле во кеш 3,5 милиони евра од сметката на грчката компанија Актор, за потоа да се отвори преткривична постапка од страна на Јавното обвинителство. Тоа доведе до привремено блокирање на сметките на компанијата во Македонија, меѓутоа, по некое време изградбата на автопатот продолжи. Пред еден месец, случајот Актор се најде и во извештајот на Организацијата за економска соработка и развој – ОЕЦД , за борбата со корупцијата во Грција. Во обемниот извештај, во делот во кој се наведуваат случаите за поткуп во странство, стои дека грчката градежна компанија наводно понудила поткуп на официјални претставници од Македонија за да го добие договорот вреден 270 милиони евра за изградба на автопат. „Градежните работи почнале во септември 2012. Грчката компанија го добила договорот, иако нејзината понуда била значително повисока – околу 40 милиони евра од понудите на конкурентите. Вклучени се филијала на грчката компанија во БЈРМ и поединци од Грција. Тече прелиминарната истрага во Грција за корупција во странство и перење пари“, пишува во Извештајот. Во него се наведува дека за покренатата истрага Атина во јуни 2014 година побарала помош и од Скопје, но бидејќи не добила одговор побарала посредување и на Европравда. Медиумите пред еден месец објавија дека Македонското обвинителство се уште собира докази за за наводен поткуп на официјални претставници од Македонија за да го добијат договорот. Една година од откривањето на случајот, надлежните институции не откриваат нови детали, ниту пак имиња на функционери кои можеби се вмешани во него.
„Многу слично на старите кантари за мерење кои се користеа по пазарите и апотекита, така и оваа техника ја користи сопствената тежина балансирана преку гравитацијата за да пренесува и поставува блокови тешки и по 100 тона. Ова е досега најпрактичниот и најбрз начин во изградбата на мостови но кој бара големо познавање, современа техника и многу внимание“, вели Томов. Сепак, не е се така современо во изградбата на овој автопат. Тунелите на пример се пробивани со застарената техника на минирање, бидејќи современите форми со помош на ротациони машини од изведувачот и инвеститорот се оценети како премногу скапи. Бидејќи минирањето e одамна завршено ние имавме можност да го видиме одблизу поставувањето на изолацијата и бетонирањето на вториот горен и завршен слој на тунелите. Секако најинтересен дел беше разговорот со самите работници кои работат по тунелите. „Иако вам сето ова ви изгледа мрачно клаустофобично и чудно, за нас не е многу различно дали ќе работиме на самата траса која е под ведро небо или, пак, неколку стотина метри под земја каде што се протегаат тунелите. Можеби би било страшно ако седиме тука со денови, но ние сепак после
завршувањето на смената се враќаме на површината и се е нормално. Со градбата на високите мостови е сосема друга работа. За таму се одбираат луѓето кои немаат висинска болест, бидејќи во спротивно последиците би можеле да бидат фаталн“, вели еден работник од Грција кој го сретнавме на работното место во средината на еден од четирите големи тунели.
Има шанси автопатот да биде готов во август 2016?
Автопатот Демир Капија-Смоквица е планирано да биде пуштен во употреба во август 2016 година. Околу реалната остварливост или неостварливост на овој рок во јавноста досега многу пати се коментираше. Факт е дека поради аферата со главниот изведувач Актор изградбата паузираше две недели, а во неколку наврати низ четирите години градба работата од технички или нетехнички причини паузирала со денови и недели. Според градежниот инженер од Актор Христос Заркадис, кој вели дека во градежништвото е од своите 13 години, во секој ваков голем проект кој трае неколку години логично е да се очекува доцнење од неколку месеци до половина година. „Во долг период од четири години нормално да се случат некои работи
Факт: Патувањето за Грција со новиот автоп
www.kapital.mk
Капитал број 811 15.05.2015
29
l Самите
градежници потенцираат дека конфигурацијата на теренот во Демир Каписката клисура го прави овој автопат еден од најкомплицираните за изведба во целиот регион
Летово не очекуваат километарски колони кон Грција
М
инатиот месец поради минирањата за изградба на тунелите на патот Демир Капија – Смоквица се создаде километарскла колона кај Демир Капија што предизвика нервоза кај возачите и сопатниците кои чекаа со часови да поминат. Стравувањата се дека ваквите слики можат да се повторат и во екот на туристичката сезона кога оваа делница е навистина многу оптеретена. Сепак Капитал од лице место констатира дека тунелите се целосно пробиени и дека дополнително минирање веројатно нема да е потребно. Единствен проблем според луѓето од терен може да претставува вториот мост кој го поврзува главниот тунел со главната траса и кој поминува токму над стариот пат, но дека неговото завршување не би требало да одземе премногу часови кога би морал магистралниот пад да се затвара. или да искрснат пречки кои ќе ја одложат градбата. Конкретно за овој автопат реалната проценка е дека е можно да доцни најмногу половина година. Но, се уште не се знае. Можно е и работите да се забрзаат“, вели Заркадис. Надзорникот Светлозар Дотчев, кој делумно се согласува со оваа проценка, вели дека сепак се уште има простор автопатот да се заврши навреме. „Роковите се уште не се пробиени. Во зависност од стабилноста на финансирањето и од тоа дали ќе има дополнителни пречки, моја проценка е дека автопатот сепак може да се заврши навреме. Но, и да се одложи неговото пуштање за неколку месеци,
мислам дека тоа нема да направи голема разлика во крајниот исход“, вели Дотчев.
Кој, како и за колку пари го гради автопатот?
Финансиската конструкција за целиот проект Демир Капија-Смоквица е тешка 271 милиони евра од кои 130 милиони евра се од Европската инвестициска банка, 45 милиони евра се ИПА грант на Европската унија, 107 милиони евра се од Европската банка за обнова и развој и шест милиони евра од Буџетот на Република Македонија. Главен изведувач на автопатот е грчката градежна компанија Актор, а надзорот на целата операција ја прави
мултинационалната компанија Егис Интернационал. Според официјалните податоци за да ја расчистат целата траса, машините и градежниците отстраниле 600 милиони кубни метри земја. Во моментов во изградбата се вклучени 700 градежници – 200 од Грција, односно од главниот изведувач Актор, и 500 од Македонија. Голем дел од нив се сместени во двата кампови крај Демир Капија кои се како вистински мали населби. Градежните машини и работниците патуваат по над 60 километри пристапни патишта кои беа пробиени само за нив. Со завршување на оваа делница од Коридорот 10 тој ќе стане модерна делница во согласност со европските стандарди. Главна цел за изградбата е намалување на патните трошоци и заштеда на време и побрз проток на возила што позитивно ќе влијае на зголемување на транзитот на лица и стоки и подигање на нивото на трговската размена меѓу земјите. Коридорот 10 е најзначајниот елемент на централната транспортна мрежа која ги поврзува Република Грција со Австрија. Неговата должина изнесува 1,451 км. Проценките говорат дека патот до грчките плажи и гевгелиските казина ќе се скрати за 8 километри, а до нив ќе се стигнува и до 30 минути побргу. Тогаш и старата делница Демиркаписката клисура ќе стане само регионален пат кој ќе ги поврзува околните населени места. nnn
пат ќе се скрати за триесетина минути
Одвој време за убави моменти. Време во кое познајниците ќе ти станат пријатели. Во кое ракувањето ќе прерасне во искрена прегратка. Време во кое добриот пријател ќе ти стане нешто повеќе. Со тек на време посебните нешта растат. Повеќе од 150 години времето за нас беше една од најважните состојки. Време да им дозволиме на нашите златни зрна да се претворат во слад и нашиот хмељ да ферментира во добар вкус. Време да го оставиме нашиот Premium Pilsener да созрее малку подолго. Затоа, кога ќе наточиш Amstel Premium Pilsener, одвојуваш и време за себе. Тоа ќе биде време добро поминато.
32
Капитал број 811 15.05.2015 издава: Капитал Медиа Гроуп основан 1999 година основач: Љупчо Зиков бул. ВМРО бр.7, зграда 1, влез 1, кат 6, стан бр.31
тел. ++ 389 2 3280 910 www.kapital.mk www.facebook/KapitalMK
WWW.KAPITAL.MK
Претплатете се на КАПИТАЛ...
И
COVER STORY
ВО СЛЕДНИТЕ ДВЕ ГОДИНИ
МАКЕДОНИЈА ЌЕ СЕ ЗАДОЛЖИ СО
1,25
Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...
БРОЈ 808 | ЦЕНА 100 ДЕН. | 24 АПРИЛ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16
дејата и визијата за тоа што сакаат да направат, беше највредниот капитал кој го поседуваа луѓето што ја почнаа приказната милијарди евра за Капитал пред повеќе од 15 години. Со макотрпна и посветена работа на својот тим, магазинот се наметна како еден од најрелевантните извори на квалитетни информации во Македонија милиони евра од и регионот, значајни за приватниот, јавниот и ДОМА невладиниот сектор. Да се биде лидер на пазарот во својот сегмент е голема чест и задоволство, но и голема обврска кон сите што секоја недела нетрпеливо милиони евра од СТРАНСТВО го чекаат Капитал да ги информира за економските проблематики и актуелности, но, и да ги едуцира со своите содржини за најновите трендови. Капитал се чита во директорски канцеларии, Капитал СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ се чита во кабинети на политичари, Капитал се чита KОЈ Е КОЈ ВО ГРАДЕЖНАТА ИНДУСТРИЈА? на универзитети, институти, “тинк-тенк” центри.... ПАНИКА: БАЛКАНОТ ЌЕ СЕ ПРЕПЛАВИ СО ЕВТИНО ЕВРОПСКО МЛЕКО! едноставно Капитал е секаде кај што се со годишна донесуваат одлуки и креираат п ретплата од политики и стратегии.
590
WWW.KAPITAL.MK
660
специјален прилог - градежништво
КОЈ Е КОЈ
ВО ГРАДЕЖНАТА ИНДУСТРИЈА? НОВИОТ ГРАДЕЖЕН
НОВИТЕ СТАНОВИ
ИНДУСТРИЈАТА ЗА
КОИ ПРОИЗВОДИ
денари, заштедете
24 месечна претплата 6.100 денари со вклучени 40% попуст
WWW.KAPITAL.MK
ММФ
281,8
? во што е проблемот
И ПОКРАЈ СИТЕ ПОВОЛНОСТИ, СТРАНЦИТЕ ГИ ВАДАТ ПАРИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА
МИЛИОНИ ЕВРА ОДЛЕАНИ КАКО ДИВИДЕНДИ ЛАНИ Зошто инвеститорите лани одлучиле да го репатрираат профитот што го создавале сите претходни години?!
ХУАН ПЕДРО ХИМЕНЕЗ НАВАРО INTERVIEW директор на АрцелорМитал-Скопје СО ИНВЕСТИРАЊЕ ВО НОВИ ПРОИЗВОДИ ГИ НАДМИНАВМЕ ПРЕДИЗВИЦИТЕ ИЛОН МАСК: СУПЕР-ПРЕТПРИЕМАЧ КОЈ ПРАВИ ПАРИ СПАСУВАЈЌИ ГО СВЕТОТ
КАПИТАЛ НА ПРЕСТИЖНА КОНФЕРЕНЦИЈА ВО ВИЕНА
МАКЕДОНИЈА И ЗАПАДЕН БАЛКАН НЕ ГИ ДОВРШИЈА РЕФОРМИТЕ
АНАЛИЗА: ЏУМАЈЛИЈА ПОВТОРНО ЌЕ СЕ ДАВА ПОД КОНЦЕСИЈА
WWW.KAPITAL.MK
WWW.KAPITAL.MK
ДУРИ
STARTUP МАКЕДОНСКИ СТАРТАПИ УСПЕВААТ ДА ДОБИЈАТ ПАРИ ОД СТРАНСКИ БИЗНИС АКЦЕЛЕРАТОРИ
СЛУЧАЈ: МАКЕДОНСКИ БИЗНИС Фирмите чекаат на Господ, Директорите се крстат!
АНАЛИЗА
WWW.KAPITAL.MK
ПОЛИТИКA МОЖНО ЛИ Е НА МЕСТОТО НА ЗВРЛЕВСКИ ДА ДОЈДЕ ОБВИНИТЕЛ ОКОЛУ КОЈ ЌЕ СЕ СЛОЖАТ ГРУЕВСКИ И ЗАЕВ?
COVER STORY
МАКЕДОНСКАТА ИНДУСТРИЈА РАБОТИ СО МАШИНИ СТАРИ НАД ДВЕ ДЕЦЕНИИ
ШТО СЕ КРИЕ ЗАД НОВИТЕ БРАНУВАЊА ПОД ПОВРШИНАТА НА МЕЃУЕТНИЧКИТЕ ОДНОСИ ВО МАКЕДОНИЈА?
ЧЕТВРТА РЕГИОНАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА БИЗНИС ПЛУС ВО БЕЛГРАД
WWW.KAPITAL.MK
Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...
со вклучени 20% попуст
Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...
12 месечна претплата 4.100 денари
Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...
4.100 20%
6 месечна претплата 2.200 денари со вклучени 15% попуст
И ИНДУСТРИИ СЕ ВКЛУЧЕНИ ВО ИЗГРАДБА НА ЕДЕН СТАН?
БРОЈ 800 | ЦЕНА 100 ДЕН. | 27 ФЕВРУАРИ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16
Во време кога квалитетната информација е најскапоцен ресурс, не дозволувајте да останете без најскапоценото. Станете и вие дел од семејството на редовни читатели на Капитал и искористете ги поволните пакети за претплата што ги подготвивме за вас.
СЕ 80% МАКЕДОНСКИ ПРОИЗВОД
БРОЈ 803 | ЦЕНА 100 ДЕН. | 20 МАРТ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16
ГРАДЕЖНИ МАТЕРИЈАЛИ РАБОТИ СО ПОЛОВИЧЕН КАПАЦИТЕТ
ЧЕТВРТА РЕГИОНАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА БИЗНИС ПЛУС ВО БЕЛГРАД COVER STORY МОЖЕ ЛИ БИЗНИСОТ ДА ПИЛОТИРА ВО ПОЛИТИЧКИТЕ ТУРБУЛЕНЦИИ?
БРОЈ 803 | ЦЕНА 100 ДЕН. | 20 МАРТ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16
БУМ ЌЕ ЈА РАЗДВИЖИ ЕКОНОМИЈАТА
ПОЛИТИКА ДАЛИ ГЕРМАНИЈА НАМЕТНУВА НОВА ИГРА НА ДОВЕРБА МЕЃУ СКОПЈЕ И АТИНА?
WWW.KAPITAL.MK
INTERVIEW
ВЛАДИМИР ГЛИГОРОВ
ПРОФЕСОР НА ВИЕНСКИ ЕКОНОМСКИ ИНСТИТУТ
Македонија ќе го урне својот углед ако на политичката криза даде недемократски одговор! АНАЛИЗА
ПАЃА МАКЕДОНСКИОТ ИЗВОЗ НА БАЛКАНОТ
СЕ БОРИМЕ ЗА ИЗВОЗ ВО ДУБАИ И КАТАР, А ЗАБОРАВАМЕ НА СРБИЈА И БУГАРИЈА
ТУРЦИЈА: КАКО ДА СЕ ЗГОЛЕМAT ИЗВОЗОТ И ИНВЕСТИЦИИТЕ?
*Во цената е вклучен ддв и платена поштарина
...заеднички ја креираме додадената вредност на нашите животни проекти...
www.kapital.mk
Капитал број 811 15.05.2015
44
Капитал анализа
П
Никола Деребанов Перминдекс
ричините за малото користење на железницата треба да се бараат во недоволната пропратна инфраструктура и во малата разлика во цена. Прв и основен проблем ако користите железница е во товарањето. Ако немате во близина не само пруга, туку и станица која е соодветна за утовар или растовар на вагони, тогаш работата се комплицира. Е сега доколку цената е драстично пониска тоа се исплаќа. Но, во Македонија се уште камионскиот транспорт е релативно евтин.
В
о некои случаи брзината е многу поважна од самото чинење на транспортот. Замислете ситуација да изгубите голем клиент само затоа што копчињата за вашите кошули со денови се заглавени во царинските лавиринти или пак затоа што репроматеријалите од Штип до Скопје патуваат 48 часа.. Тогаш Весна Миладинова џабе ви е што имате поевтин или поскап транспорт. Албатрос
Бавниот и скап транспорт кочничар на македонскиот бизнис
Каков транспорт бараат македонските бизнисмени Македонскиот бизнис ќе трпи се додека не добие побрз, поевтин, поефикасен и посигурен транспорт. За да се оствари тоа според експертите и бизнисмените неопходно е засега доминантниот камионски транспорт да добие конкуренција во железничкиот или авионскиот. Еве што предлагаат бизнисмените.
Нелогичност: Македонија е европска земја само
www.kapital.mk
Капитал број 811 15.05.2015
45
В Абедин Мурати Молика, Ројал Фрејзер Фуд
еројатно нема да ви се верува ама на еден мој камион му е потребно исто време од Тетово да стигне до Хрватска, колку од Тетово да стигне до Приштина. Едноставно граничните и инфраструктурните пречки си го прават своето и во таа насока треба да се насочи енергијата.
Н пишува:
Дејан Азески
Dejan.azeski@kapital.mk
Несоодветна или целосно непостоечка железничка инфраструктура, нелогични царински бариери, руинирана патна мрежа, непостоење на адекватни услови за авионски транспорт, непостоење на меѓудржавен договор за користење на пристаништата во соседните земји....Ова се само дел од ограничувачките фактори за македонскиот бизнис како при извозот, така и при увозот. Ова се и факторите кои просто ги имаат ограничено македонските компании да користат само еден вид на транспорт (камионскиот ) и со тоа да се соочуваат со сите негативности кои монополот сам по себе ги носи.
Брзината на достава клучен проблем
Камионскиот транспорт иако не е најевтин, на светско ниво се смета за најпрактичен. За разлика од бродскиот и железничкиот, на овој тип на транспорт не му е потребна скоро никаква дополнителна инфраструктура (како пристаништа или интермодални јазли) за да функционира. Но ваквиот тип на транспорт покрај тоа што е екстра скап во балкански услови има многу ограничувачки фактори. Абедин Мурати сопственик на Молика, Ројал Фрејзер Фуд и Прима центар од Тетово пластично и практично ни ја објасни целата ситуација. „Веројатно нема да ви се верува ама на еден мој камион му е потребно исто време од Тетово да стигне до Хрватска, колку од Тетово да
Што бараат македонските бизнисмени? l Изградба на повеќе интермодуларни јазли за утовар и истовар на железница
l Скратување на преостанатите проблематични административни процедури
l Зголемување на ингеренциите на општините во поглед на одржувањето на патиштата
l Слободна зона за македонските компании во едно од соседните пристаништа
l Поголема флексибилност на државата во врска со инфраструктурните прашања кои директно влијаат на бизнисот
стигне до Приштина. Едноставно граничните и инфраструктурните пречки си го прават своето и во таа насока треба да се насочи енергијата. Треба конечно сите да влеземе во Европска унија и да не се занимаваме со застарени граници. А ако тој процес се одлага да најдеме начин и без Европска Унија да го олесниме протокот на царините “ Весна Миладинова од штипската конфекција Албатрос на ова ќе додаде дека ваквите з а д о ц н у в а њ а мн о г у ч е с то з н а а т и катастрофално да се одразат на работењето на една компанија. „Во некои случаи брзината е многу поважна од самото чинење на транспортот. Замислете ситуација да изгубите голем клиент само затоа што копчињата за вашите кошули со денови се заглавени во царинските лавиринти или пак затоа што репроматеријалите од Штип до Скопје патуваат 48 часа.. Тогаш џабе ви е што имате поевтин или поскап транспорт. Едноставно извозот не трпи ваков тип на административни и царински процедури какви што Македонија се уште негува. Иако царината постојано се реформира има уште многу да се направи за да се олесни, поевтини и најважно забрза транспортот“.
Зошто не се користи железницата во поголем обем?
На светско ниво важи правилото дека железничкиот транспорт е скоро секогаш поевтин од камионскиот. Во поразвиените држави тој е и побрз и постабилен. Кај нас за жал важат некои други правило и норми кои според бизнисмените и познавачите на состојбите сериозно се одразуваат на конкурентноста на бизнисот. Според сопственикот на Металопромет од Струмица Митко Шапковски инфраструктурата е клучен проблем, кој ги прави македонските компании неконкурентни и кој ги ограничува на долг рок во битката со странските конкурентски компании. „За илустрација, камионски превоз од Струмица до Бургас нe чини 28 евра по тон, а доколку го има, железничкиот би нe чинел 12 евра по тон. За да бидам конкурентен во однос на некоја компанија од Пловдив или од Солун, кои имаат железница, мора да ги рационализирам трошоците до минимум, да барам работниците да работат повеќе и да
о географски но не и инфраструктурно
И туризмот трпи од лошата транспортна мрежа
И
туризмот е сектор од економијата кој е многу подложен на негативните ефекти од лошата инфраструктура во Македонија. Тоа најсликовито го потврдуваат самите бизнисмени инволвирани во оваа гранка од економијата на која полагаме големи надежи. „Не може некој да вложува милиони евра во изградба на хотели надвор од Скопје, а државата со децении да не даде ни едно евро за да ја подобри инфраструктурата до таму, а цело време да е со полна уста дека треба заеднички да развиваме туризам. Ајде кажете дали гостин што 100 км до вашиот хотел ги патувал 20 часа ќе се врати уште еднаш кај вас? Зимава не можат ниту да пресметам колку бесплатни спиења сме дале само да им се извиниме на гостите кои страдале од тоа што државата не го расчистила патот. Дополнително сме доведени во ситуација да мора да ги подмитуваме шоферите на камионите за чистење само за да си ја вршат работата“, вели сопственик на хотел која сакаше да остане анонимен.
www.kapital.mk
Капитал број 811 15.05.2015
46
Капитал анализа
смалувам трошоци каде што реално не може да се смалат“ Сепак не се проблем само компаниите до кои нема железнички транспорт, туку и оние до кои има многу ретко го користат. Никола Деребанов од компанијата Перминдекс која во своето портфолио обединува повеќе бизниси од областа на земјоделството вели дека причините за малото користење на железницата треба да се бараат во недоволната пропратна инфраструктура и во малата разлика во цена. „Прв и основен проблем ако користите железница е во товарањето. Ако немате во близина не само пруга туку и станица која е соодветна за утовар или растовар на вагони, тогаш работата се комплицира. Треба да изнајмувате и да товарите камиони кои ќе го однесат товарот до соодветното место за утовар кое некогаш може да е и многу далеку. Е сега доколку цената е драстично пониска тоа се исплаќа. Но во Македонија се уште камионскиот транспорт е доста евтин поради ниската цена на нафтата и работната сила што значи дека железницата по оваа цена ретко кога е атрактивна. Ние како Перминдекс ја користиме железницата многу ретко само за набавка на поголеми количини ѓубриво или слични габаритни товари “ Дејан Трпевски експерт за железнички транспорт кој има работено во повеќе странски железници тврди дека со п о с то е ч ка та ц е н а н а т р а н сп о рт, железничкиот систем во Македонија не само што не е конкурентен на соседниот коридор 4, туку не е конкурентен ниту на друмскиот превоз. „Еклатантен пример за тоа претставува цената за превоз од Скопје до Солун. Најниската цена за превоз на еден тон стока од Скопје до Солун изнесува 14 евра со железница, а превозот со камион изнесува 12 евра по тон. Ова е парадоксална состојба, поради што компаниите се повеќе се ориентираат на друмскиот превоз. Единствено како корисници на железничкиот превоз остануваат оние компании кои мораат да ја користат железницата само поради технички ограничувања при превозот со друмските превозни средства“ тврди Трпевски. Околу последиците од ваквата состојба тој е дециден дека уделот на транспортните трошоци во крајната цена на производот на секоја компанија зазема релативно висок процент што само по себе значи дека оние компании кои немаат пристап до железница се помалку конкурентни. „Цената на транспортот може да достигне и 15% од крајната цена на производот. Поради тоа обезбедување на квалитетен и евтин превоз е од клучно значење за конкурентноста на Македонските компании на странските пазари. Доколку се успее да се намали цената на транспортот, во тој случај имате поконкурентен производ на странските пазари. Со поконкурентен производ, имате повеќе можности за порачи од странските пазари за Македонските
Авионскиот карго транспорт како да не постои
В
о Македонија функционираат и два аеродроми кои официјално можат да се користат за карго сообраќај. Но ваквиот начин на извоз многу ретко е употребуван од страна на македонските компании за извоз. Една од причините е секако фактот што немаме доволно производи со поголема додадена вредност за да ни се исплати таков скап тип на увоз, но според бизнисмените постојат и други ограничувачки фактори. „Ние сме се обиделе неколку пати да организираме авионски транспорт за нашиот извоз но тоа не се исплаќа. Прво на македонските аеродроми не се нуди ладниот транспорт на робата, што е неопходно за земјоделските производи. Значи и да најдеш авион по пониска цена робата ќе ти стигне расипана. Затоа авионскиот тренспорт го користиме стриктно за испраќање на помали количини односно на примероци за проба “ вели Никола Деребанов од Перминдекс. производи. Повеќе порачки значат и повеќе работа а со тоа и повеќе приходи“, вели Трпевски.
Неопходно ни се подобри врски со најблиските пристаништа
Конечно дојдовме и до бродскиот транспорт како најевтин особено кога се работи за поголеми количини. За жал токму со овој вид на транспорт македонските компании имаат најмногу пропатено во последните дваесетина години. Општо познато е дека уште од времето на затворената грчка граница на почетокот на 90 години од минатиот век, македонската држава и стопанственици бараат алтернатива на многу проблематично солунско пристаниште. Најблиските Драч и Бар, како и Бугарските Бургас и Варна веројатно се најблиските и најлогични алтернативи, но од низа објективни и субјективни причини соработката со нив никако да заживее. Очигледно користењето на овие две алтернативни пристаништа е тесно поврзано со доизградбата на Коридорот 8 кој е далеку од финиширање. Поради ова експертот за бродски транспорт Кирил Црвенковски е дециден дека Солун бил и останува стратегиско пристаниште со стратегиска позиција особено кога се работи за македонската економија.
„Драч како најблиска алтернатива е далеку од она како треба да изгледа едно вистинско пристаниште. Транспортот кон Бар и Бургас е скап и неисплатлив, што дополнително е условен со лошата алтернатива. Во догледна иднина нема алтернатива за македонскиот извоз освен солунското пристаниште“ смета Црвенковски. Бизнисмените кои ги контактиравме во врска со оваа проблематика ни го повторија стариот добро познат став дека државата Македонија мораше да најде начин да влезе во сопственоста на солунското пристаниште како најважен инфраструктурен објект за македонската економија. „Чуден е македонскиот менталитет иако сите се познаваме, кога е тоа потребно никогаш да не можеме да се договориме и да настапиме заеднички. Очигледно е дека заеднички влез во сопственоста на Солунското пристаниште ќе донесе бенефит за сите. Иако лично сум скептик дека грчката држава ќе дозволи било каква македонска сопственост на солунското пристаниште наше е да се обиде на било каков начин да си ја олесниме работата “ велат бизнисмените кои ги контактиравме. nnn
Ограниченост: бизнисмените се зарoбeни само со камионите
ЗА ВРВНИ МАГИСТЕРСКИ СТУДИИ НЕ МОРАТЕ ДА ОДИТЕ ВО СТРАНСТВО!
СЕГА И ВО СКОПЈЕ! • Престижна МБА програма за развој на вашата кариера • Рангирана помеѓу првите 100 во светот • Со тројна меѓународна акредитација која гарантира квалитет на наставата
УПИСИТЕ СЕ ВО ТЕК! msm.uacs.edu.mk
ЗА ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ:
Универзитет Американ Колеџ Скопје Трета Македонска Бригада 60, 1000 Скопје Тел: +389 2 2463 156
Е-пошта: globalmba@uacs.edu.mk Веб: msm.uacs.edu.mk
Капитал број 811 15.05.2015
48
www.kapital.mk
свет бизнис и политика
Големи перспективи, но, и ризици од разведрувањето меѓу Вашингтон и Хавана
Обама и Кастро го почнаа долгиот пат од непријателство на ХХ, до партнерство на ХХI век По ракувањето на 11 април во Панама, што може да влезе во историјата, а случено за време на средбата меѓу претседателот на САД, Барак Обама, и неговиот кубански колега, Раул Кастро, имаше официјални разговори - први по над педесет години. Водени во контекст на одмрзнувањето на односите објавено во декември 2014, овие разговори може да избришат една од последните траги на Студената војна. Оптимизмот е голем, а очекувањата се дека ќе има економска корист и за двете страни, и во случај пречките да останат и после долгиот пат што треба да се изоди за да се стигне доволно далеку од непријателството потхранувано над половина век
NY Times: Американците не сакаат кубански
www.kapital.mk
Капитал број 811 15.05.2015
49
Ракувањето во Панама -
Обама и Раул Кастро на самитот на Америките
Н
На средбата остварена на Самитот на Америките одржан на 11 април во Панама Сити, претседателот на Соединетите Американски Држави, Барак Обама, изјави дека со време би било можно „да се сврти нова страница“ во односите со Куба, но, призна дека разликите сè уште се значителни. Според неговите зборови, основните задачи во моментов се нормализирање на дипломатските врски и отворање на амбасади. Од своја страна, неговиот кубански колега Раул Кастро, искоментира дека ќе биде неопходно трпение, но, оти Куба е подготвена да работи за постигнување напредок. Почетокот на овој процес беше поставен кон крајот на минатата година, кога по 18 месеци тајни
Кубанските пури чекаат пад на ембаргото
за да го нападнат американскиот пазар вреден три милијарди долари Последното ракување пред педесетте години изолација - Фидел Кастро и Ричард Никсон во 1959
преговори Обама објави дека дотогашната позиција на Вашингтон е „застарена“, по што беше постигнат договор за размена на затвореници и за олеснување на некои трговски рестрикции. „Новата енергија во односите меѓу САД и Куба ги одразува внимателните пресметки дека подобрите врски им одговараат на интересите и на двете држави. Кубанските лидери признаваат дека економскиот систем не може да им излезе во пресрет на основните потреби на државата. Тие, исто така, сфаќаат дека субвенциите од Венецуела, што се јажето на спасот за кубанската економија, се пред исцрпување; Венецуела веројатно се приближува до социјален и економски колапс“, изјави за софиски „Капитал“ Вилијам Меклени од German Marshall Fund. Тој дополнува дека од американска гледна точка, подобрените односи се внатрешна и регионална политичка победа за администрацијата на Обама. „Многу социолошки проучувања покажуваат дека мнозинството од Американците го поддржуваат обновувањето на врските и крајот на трговското ембарго. Потегот за нормализирање на односите беше поздравен од лидерите и на двете општества, зашто со тоа се елиминира постојаната провокација во односите меѓу САД и Латинска Америка. Вашингтон има
Путин на 140 километри од нив
голем интерес од постепеното и успешно преминување кон разумен и одржлив систем, што ќе ги задоволи потребите и очекувањата на Кубанците“, смета Меклени. САД и во практика ги демонстрираа своите добри намери, изјавувајќи дека сакаат да ја тргнат Куба од списокот држави што го поддржуваат тероризмот. Хавана го поздрави решението како „правилно“, изјавувајќи дека воопшто не требало Куба да биде вклучена во односниот список, поради кој се ограничени странските инвестиции во земјата и нејзините можности да извршува финансиски трансакции. Обама го увери американскиот Конгрес дека кубанската влада „не давала подршка за меѓународниот тероризам“ во последните шест месеци, и „потврдила дека нема да поддржи никаков акт на меѓународен тероризам во иднина“. Ова е најконкретниот чекор досега направен од Вашингтон, што покажува дека САД веќе не сметаат оти Куба поддржува организации како баскиските сепаратисти ЕТА или колумбиските бунтовници од ФАРК. Но, противници не недостигаат. Републиканскиот сенатор Марко Рубио, кој објави кандидатура за претседателска номинација во 2016 година, отворено застана против симнувањето на Куба од споменатиот список, сметајќи дека
www.kapital.mk
Капитал број 811 15.05.2015
50
свет бизнис и политика
Според Раул Кастро, Хавана нема пак да стане декадентно одморалиште за богатите Американци како за време прохибицијата во САД, зашто на Куба ќе останат основните комунистички принципи
државата продолжува да поддржува тероризам.
Се стравува дека симнувањето на ембаргото може да го „зецементира“ режимот во Хавана
„Овие педесет години покажаа дека изолацијата не работи“, коментираше претходно Обама. Но, може да се слушнат и предупредувања да не се брза премногу, а да се напредува чекор по чекор, за да не се потхрануваат илузиите дека целта е Куба што побрзо да се врати во времето кога островот беше полн со Американци. Итањето кон капитализам во постсоветска Русија се дава како пример како не треба да се прави преминот. „Американците имаат голем интерес да ја избегнат појавата на еден кубански Путин на 140 километри од нивниот брег“, пишува Nеw York Times. Но, противниците на американското трговско ембарго, и дури некои кубански дисиденти посочуваат дека симнувањето на економските санкции ќе помогне за отворање на карипската држава, зашто кубанската влада досега ја користела политиката на Вашингтон како оправдување за репресијата што ја спроведува. Повеќето Американци со кубанско потекло во Мајами ја примаат новината за разведрување на односите меѓу САД и Куба со помешани чуства. И покрај пораснатата надеж, дека на крајот повторно
ќе можат да патуваат слободно и да ја видат татковината, тие сметаат дека новиот пристап на Обама кон Куба ја „цементира“ управата во Хавана. Во Флорида живее голем дел од американското население со кубански корени - над 1,3 милиони, од вкупно 2 милиони во САД. Во голем дел оваа заедница никогаш не била поддржувач на демократите во САД, зашто секогаш ги сметала за премеки кон Куба. И додека помладите Американци со кубанско потекло сè помалку ги интересира ситуацијата во татковината на нивните предци, родителите не можат да го заборават режимот. Некои од нив избегале во првите години на власта на Фидел Кастро, а други за време на големата преселба во 1980 година, кога накратко се отворени границите, и над 120.000 Кубанци тргнуваат со чамци кон Мајами. Според овие луѓе, Обама сега ја легитимира кубанската власт, со што Кубанците ја губат секоја можност за подобар живот. Во исто време не недостасуваат и попрагматични ставови во „Малечката Хавана“ - реонот во Мајами каде живеат и работат емигрантите од Куба. Според некои од нив, долгогодишното ембарго досега, на еден или друг начин не дало резултат, и затоа сега Обама се обидува да пристапи со нова политика.
Кубанските пури чекаат влез на пазарот вреден три милијарди долари
Пораката од средбите меѓу претседателите
Ако сè оди како што треба, кубанските
плажи ќе бидат пополни од кога и да е Варадеро е едно од најпознатите карипски туристички центри
на САД и на Куба е јасно - разликите уште постојат, но, можеме заедно да правиме бизнис. Според анализа на британски BBC, производителите на кубански пури широко ги имаат отворено очите кон американскиот пазар што вреди околу три милијарди долари. Слични можности очекува и кубанскиот рум. Од американска страна, корпорациите не ја кријат желбата да инвестираат во карипската држава, а интересите им варираат од хотелските групации до синџирите за брза храна. Компанијата за онлајн стриминг на видосодржини, Netflix, и компанијата за платежни картички, Mastercard, веќе ги одблокираа своите услуги за Куба, но, поради ограничениот и бавен интернет, како и поради фактот дека повеќето трговци сè уште не дозволуваат трансакции од карипската држава, ефектот засега е симболичен. Европската унија, исто така, не губи време. Брисел ги симна санкциите за Хавана поради нарушување на човековите права во 2008 година, а лани почнаа преговори за подобрување на трговските и економските врски. Но, додека Куба и многу американски бизниси, особено во земјоделскиот сектор, се нетрпеливи за подобрување на трговските односи, анализата на Los Angeles Times предупредува да не се брза толку. Прво, американското трговско ембарго, во сила од 1959 година, во голем степен останува на сила и може да биде
Обама: Овие педесет години покажаа дека и
www.kapital.mk
Капитал број 811 15.05.2015
51 поништено единствено од американскиот Конгрес, во кој доминираат скептичните републиканци. Тоа значи ограничување на бизнис дејностите, и покрај тоа што Обама веќе олесни некои од рестрикциите. И второ, и покрај делумното отворање на Куба, Раул Кастро посочува дека основните комунистички принципи ќе останат. Државата сè уште контролира голем дел од економијата, вклучително надворешната трговија и банките. Американските компании што сакаат да инвестираат ќе се соочат со многу пречки, меѓу кои неефективниот систем и длабоко вкоренетата кубанска недоверба кон приватната иницијатива. „И двете држави може да имаат економска корист. Американското ембарго беше законски засилено, со гласовите на Конгресот во 1996 година. Обама не може да го прекине еднострано, а Конгресот контролиран од републикаците тешко дека ќе тргне во тој правец во блиска иднина. Но, претседателот го користи својот авторитет за да да бидат воспоставени официјални дипломатски односи и поблизок контакт меѓу населението на двете држави. Според мерките објавени од кабинетот на Обама во декември 2014 година, беа олеснети покрупната земјоделска трговија, воздушнотранспортните услуги и телекомуникациските врски“, објаснува Меклени. Според него, тоа нема да биде решавачки фактор, но, ќе придонесе за атмосфера на повеќе доверба. „На долгорочен план, со промените во американските и кубанските закони, трговијата и инвестициите на САД ќе одиграат огромна ролја во стимулирањето на растежот и просперитетот на карипската држава“, заклучува аналитичарот од German Marshall Fund.
Повеќе дознаки од американските Кубанци и повеќе туристи на Куба
Подобрените односи, исто така, значат поголеми суми дознаки од кубанските Американци до нивните роднини во татковината. Тие надминале 3 милијарди долари во 2014 година, а прогнозите се дека значително ќе пораснат годинава. По објавеното во декември (од страна на Обама) олеснување за ограничувањата за патување до Куба, сега се очекува и голем раст на туристите (лани бројот на посетители од САД во Куба изнесувал 600.000). За ова да се случи, Хавана треба уште да се потруди, зашто и покрај изобилството од салса и „Мохито“ коктели, хотелските соби не се на потребното ниво, а и ги нема доволно; персоналот е неквалификуван, а потребата од инвестиции е очигледна. Во овој контекст, онлајн услугата за сместување под наем, Airbnb, ги објави плановите наскоро да почне да ги поврзува американските туристи со кубанските сопственици. Според Меклени сите овие нови извори на пари и купуваат време на кубанската влада
за да може да воведе постепени економски реформи што ќе ја придвижат економијата кон еден повитален систем. „Раул Кастро веќе го почна овој процес. Вистинската награда ќе бидат големите инвестиции на многу американски компании што сакаат да влезат на кубанскиот пазар, веднаш штом се случи раст. И покар ембаргото, САД се еден од најголемите снабдувачи со храна и со лекови на Куба, како и на потрошувачка стока внесена од страна на патници. Кога Хавана ја упрости и ја либерализираше регулаторната рамка за странски инвестиции, и политиката на Вашингтон еволуираше, и очекувам дека американските инвестиции ќе дадат основен поттик на кубанската економија во иднина. Но, уште не сме стигнале до тој момент“, тврди Меклени.
Разликите ќе се „мазнат“ со убедување, а не со конфронтација
Предизвиците пред затоплувањето на односите не се малку. Обама посочи дека продолжува да го загрижуваат темите како политичката реформа, демократијата и човековите права во карипската држава. Според неговите зборови, американскиот приод веќе нема да биде конфронтација, туку убедување. „Заедно стигнавме до заклучокот дека може да имаме разногласие, но, во духот на взаемното уважување и учтивоста“, изјави Обама. „Околу некои работи се согласуваме, а околу некои не“, одговори Раул Кастро. И сепак, напредокот, макар и бавен, веројатно не може да се врати назад, пишува Economist. Кубанската влада може да стане толку зависна од американскиот долар како замена за помошта од Венецуела што се намалува, така што да нема друг избор,освен да се реформира. „Меѓу САД и Куба остануваат многу разлики и ниту една од двете влади нема да сака да ги стави под тепих. Во исто време, сепак, администрацијата на Обама признава дека самите Кубанци, а не надворешни луѓе, треба да си го оформуваат општеството во иднина. Засега трпението и ангажманите за поблиски врски ќе продолжат да исплаќаат сериозни дивиденди и за двете држави. И тоа е важен период за градење на довербата меѓу САД и Куба по половина век отуѓување, што ја надживеа Студената војна“, вели Меклени. Географската блискост на Куба и САД, силните демографски врски меѓу нив, и зголемениот број взаемни интереси, се причини разведрувањето да продолжи. И двете држави одат по тој пат, смета Меклени. „Тоа сведочи за ново и взаемно чувство на прагматизам, што може да го претвори непријателството од XX век во партнерство на XXI век“. Преговорите меѓу САД и Куба тешко дека ќе завршат до крајот на мандатот на Обама. Но, почетокот е направен. nnn
изолацијата не работи
www.kapital.mk
Капитал број 811 15.05.2015
52
Фељтон
Агресијa- моќта на човечкиот
Самоконтрол нашето општ најниско мож
В Пишуваат:
Проф д-р Методи Чепреганов невропсихијатар
Теодора Костовска,
интернационален учител на Art of Living
Проф д-р Методи Чепреганов невропсихијатар
Капитал и професор доктор Методи Чепреганов започнуваат со објавување серија текстови поврзани со агресијата, која во времето во кое живееме станува се поочигледна и присутна буквално во секоја пора од опшеството. Според мислењето на еминентниот невропсихијатар токму сега е времето да се отвори оваа тема која е длабоко поврзана со сето она што ни се случува во современото македонско општество. Професор Чепреганов е со став дека начинот како се експримираат емоциите е надворешно огледало на можностите за самоконтрола, што во некој контекст би значело и дека во нашето општество самоконтролата е на најниско можно ниво. Низ редовите на овој опширен фељтон читателите ќе може да се запознаат не само со причините за агресијата која е се поприсутна во нашата реалност туку и за најефикасните начини на нејзиното третирање и лекување.
Во секојдневниот живот сите ние многу често си го поставуваме прашањето kолку, на кој начин и со каков интензитет, емотивните меѓусебни контакти во меѓучовечките (интерперсонални) односи, имаат влијание врз нашиот афективен живот, врз нашето расположение? Кога една емоција е родена и кога личноста го ставила афектот во акција и движење; кој и каков пат треба таа да го следи? Дали треба веднаш да се искаже, да се експримира директно, со кој и каков интензитет на гласот, да се трансформира, да се повлече, да се депласира, да се инхибира или да се трансцендира, на некој начин, ставајќи ја под контрола на својата будност и сознание? Во контекст на овие прашања, одговорите во себе содржат комплексност, како когнитивно емоционална, така и социокомпортементална, дури и психоаналитичка, така што сите тие ја чинат специфичноста на одговорите. Постои еден третман на емоциите, во
рамките на еден глобален процес на нивна регулација, поточно, или уште поспецифично, зборуваме за внатрешна регулација на емоциите, креирани од нашите сознателни капацитети, нарекувани со општо име емоционална сознателност, која ја поседува секоја индивидуа и токму таа го регулира, идентификува и го претставува она што секој од нас го чувствува. Ова се манифестира надворешно, поточно, овие емотивни напливи се експримираат кон надвор, преку однесувањето, екстериорната мимична гестикулација, движењата и изгледот, како и преку говорот, кој го одредуваме и го модулираме според сопствениот капацитет за самоконтрола врз интензитетот на емотивниот излив. Начинот како се експримираат емоциите e надворешно огледало на можностите за самоконтрола, на формата на нашиот секојдневен меѓусебен интерконтакт: одмерено, смирено и пристојно или хистероидно, брутално, агресивно и некритично, со голема доза на простотија и примитивизам, што, секако е резултат на, од порано стекната, социјална едукација, знаења, инкорпорирани морални, етички, социјални и духовни норми, кои укажуваат на правилен однос кон експресијата на емоциите. Повеќе од веројатно е дека ова емоционално обработување (emotional processing ), многу полесно е вербално да се искаже, отколку да се спроведе во реалност. Во овој контекст e и поврзаноста, односно интерконекцијата со стресот и атакот врз нас од еден или од повеќе стресогени фактори, кои се индиректни показатели за “воспалување на нашата амигдала на нашиот емотивен мозок“, со последици на зголемен иритабилитет, бројни вегетативни симптоми, анксиозност и депресија, тешкотии и намалување на концентрацијата и појава на несоница, со консекутивни последици врз нашата
Чепреганов: сега е најдоброто време за о
www.kapital.mk
Капитал број 811 15.05.2015
53 деструктивен нагон (1)
лата во тество е на жно ниво работоспособност, со агресивно и насилничко однесување; еден маѓепсан круг во кој се вртиме, се бориме и опстојуваме, подгреван и креиран од нашите секојдневни меѓучовечки односи, нашата работа, нашата егзистенција. Токму нашето постоење во секој момент, со сето она што ни се случува и што го доживуваме, го прави и го креира нашето емоционално искуство, кај секого од нас различно, во зависност од сите фактори кои беа елаборирани. Живееме со аксиомот на нашата животна сцена и животен пат, “сè е менливо и минливо“, “сè тече и sè менува“, a дијалектиката многу јасно и едноставно го дефинира нашето постоење, “се оддалечуваме за да се приближиме“, “сме се приближиле бидејќи веќе сме се оддалечиле“, полека, но сигурно го чекориме нашиот живот од раѓањето, во младоста, во зрелоста и кон староста. Моментот полн со стресови е нашето постоење, тој го креира, подгрева или го потпалува нашиот емотивен живот и напливи, нашата агресивност, или воздржаност, однесување кое е во апсолутна зависност од матурацијата на нашата личност, во едукативна и воспитна смисла. Во реалноста, ова означува дека емотивните напливи тлеат во нас и на различен начин биваат експримирани и доживеани, во корелација со нашата карактерна специфика, знаења, едукација и воспитување, со сето она што сме го вградувале во нас, во текот на нашиот живот или ни го дала “мајката природа“. Внатрешните капацитети за регулација на емоциите се сосема индивидуални, субјективни, различни за секоја личност, одделно, и во никој случај не можат да се унифицираат; тие се во директна поврзаност со правилниот и навремен развиток со основите на емоционалната сознателност и зрелост, феноменологија, во која стресот, со
своето влијание, игра огромна улога. Денеска, научниот свет со сигурност знае дека психопатологијата на емоциите е една крајно богата научна раскрсница, крстопат низ кој минуваат различни дисциплини: невробиолошки, психијатриски, психоаналитички, когнитивни, психолошки, социјални, клинички. Токму поради овој факт теориските емоционални и афективни модели се многу богати, во кои доминира субјективното искуство, кое, кај секого од нас, е различно. Целта на сите коишто се занимаваат со оваа проблематика, е крајно симплифицирана и единствена: максимална психопатолошка интегрираност на афективните феномени, за што поголема и поисцрпна самоконтрола на истите во нашето секојдневно постоење, како би можел нашиот живот да ја има својата основна смисла и цел, знаење, креација, визија, исполнетост и задоволство од и со работата, сето тоа на длабок духовен фундамент. Конечно, во овој контекст, ќе се запрашаме колку стресогените фактори учествуваат во креацијата и во модулирањето на нашата агресија или екстериоризација на нашите емотивни напливи, подигајќи ја и интензивирајќи ја моќта на нашиот деструктивен нагон, секаде, на секое место и во секоја прилика. Токму тоа е предизвикот да ја елаборираме агресијата, секојдневно присутна во нашите интерперсонални односи, дома, на работа, на улица, дури и во дипломатските односи помеѓу државите, од сите познати аспекти во актуелните научни сознанија. Еден од главните креатори, и подгревачи, на најголемата опасност на иднината за секого од нас е проблемот на агресијата или, уште поточно, моќта на човековиот деструктивен нагон, од нас и врз нас самите, сосема свесни дека “човек кон човека е волк “. nnn
објавување на овој фељтон
www.kapital.mk
Капитал број 811 15.05.2015
54
Луѓе и компании
Менаџерско know-how
Како да формирате и мотивирате тим за продажба
В
l Вработете продавачи во
самата фирма. Можеби ќе паднете во искушение да вработите надворешни агенти
XX
кои застапуваат производи од различни продавачи. Но, вработувањето продавачи во самата фирма ви дава директна контрола над вашиот тим, и ви овозможува активно учество во планирањето и извршувањето на продажбената стратегија. Освен тоа, ваквиот персонал работи за вас и само за вас- неговата примарна цел е да ги продаде производите и услугите на вашата компанија. За разлика од него, надворешните агенти продаваат многу производи од различни продавачи и се слабо поврзани со вашата фирма.
l Сетете се дека треба да платите 100% од трошоците поврзани со
вработените во самата фирма, па затоа осигурајте се дека понудите кои ги дава вашата компанија ќе се продаваат доволно добро за да ги покријат тие трошоци.
l Вработувајте внимателно. Многу луѓе сметаат дека можат на рибарот риба да му продадат- но вистинските продавачи се доста ретки. За да се пронајде creme de la creme, барајте продавачи со следниве карактеристики: XX XX XX XX XX XX
Силно мотивирани од пари Желни за учење Самоуверени Спремни на предизвици Упорни Со натпреварувачки дух
Мотиватори: Финансиски, но и нефинансиски стимули
www.kapital.mk
Капитал број 811 15.05.2015
55 Компаниите се одржуваат во живот и умираат според квалитетот на нивната продажна работна сила. Еден импресивен тим за продажба може да направи одлична продажба на еден просечен производ или услуга, но еден несмасен тим нема да успее да направи продажба дури и со првокласна понуда. XX Добро поднесуваат одбивање XX Одлични слушатели XX Физички и ментално енергетични
l Буква по буква кажете им ги
вашитe очекувања. Секогаш разговарајте за целите на продажбата. Тоа може да ви помогне во изготвувањето на договор во кој ќе биде наведено што компанијата е спремна да направи за продавачот и обратно.
l Обука, обука, обука. Колку
повеќе ги обучувате вашите продавачи, толку поспремни ќе бидат тие во одговорањето на прашањата на клиентите и во извршувањето на продажбата. Вашите искусни продавачи треба детално да ги познаваат
вашите производи, производите на конкуренцијата, и пазарот на кој се пласираат тие производи. Исто така ќе треба да ги обучите да ги разбираат потребите, искуството и грижите на нивните клиенти. Редовно одржувајте обуки и охрабрувајте го вашиот тим да посетува надворешни тренинзи и семинари поврзани со продажбата и индустријата во која делувате.
l Мотивирајте го тимот со силен
систем за надоместок. Пред да започнете со вработување, убаво конструирајте го вашиот план за надоместок. Пристапот со провизија обично е најдобар, но би требало да вклучува основна плата. На тој начин, продавачот има загарантиран почетен приход- кој го стимулира моралот
за време на неуспеси во фирмата. Стандардите за надоместок може да ги пронајдете во вашата трговска асоцијација.
l Искористете ги нефинансиските
мотиватори најдобро што можете. Вработените сакаат да им се признае добро сработената работа, и да чувствуваат дека нивните претпоставени ги сослушуваат и реагираат на посоќените проблеми. Исто така е важно да им овозможите на вашите вработени да се чувсвуваат како дел од тимот. И не заборавајте ја моќта на додатоците- платени одмори, или породилно отсуство, или здравствено осигурувањекои можат значително да ви помогнат да си ги задржите најдобрите луѓе. nnn
www.kapital.mk
Капитал број 811 15.05.2015
56
CEO Profile
Џули Мејер Ariadne Capital
Парите ги следат идеите!
Џули Мејер, е една од најуспешните претприемачи во Европа и венчр капиталист (инвеститор што вложува во старт апи во рана фаза), која оди само кон победи откако продолжи да ги поддржува старт- ап бизнисите во секторот на технологијата и го унапредува претприемништвото како бизнис модел на иднината.
И
Извршниот директор на Ариадне Капитал (Ariadne Capital), Џули Мејер е една од најпознатите фигури во Европа кога станува збор за секторот технологија. Влијателен венчр капиталист, Мејер ги поддржа некои од најголемите фирми од таканаречениот dot.com бум и продолжува да го поттикнува претприемништвото со надеж дека овој бизнис модел ќе направи револуција во економијата. Мејер, по завршувањето на факултет
замина во Париз во доцните 1980-ти, доби работа да ги подучува англиски француските извршни директори на Hewlett-Packard и 3Com. Овде, Мејер брзо сфати дека нејзините вештини и фактот што е израсната во семејство каде што центар бил фамилијарниот бизнис на татко и, добро ја екипираа за промени во претприемачкиот сектор. Со мастер диплома INSEAD во своите раце, Мејер почна да организира мрежни настани за нов медиа сет на секој прв вторник од секој месец (оттука, настаните без познати како „првиот вторник“). Во тоа време, постоеше дупка на пазарот за некој кој може да види потенцијал во европските стартапи, вели таа за нејзиниот прво вистински влегување во бизнис водите. „Бев постојано збунета кога ги слушав луѓето од венчр заедницата како велат „тој венчр капитал како основа не функционира во Европа- ние немаме висок квалитет на претприемачи“. Но тоа некако не ми се чинеше реално- продолжив да одржувам средби со претприемачи за кои искрено сметав дека се подобри- па дојдов до заклучок дека проблемот не е кај претприемачите; ние само го немаме
вистинскиот калибар на финансиери за претприемништво“, објаснува Мејер. Првиот вторник стана место за средба за венчр капиталистите кои бараа претприемачи од онлајн и секторот за технологија. Мрежата оперираше во 17 европски градови и стана толку успешна што беше продадена за 33 милиони фунти на израелската фирма Јазам во 2000 година- а инвестицијата на Мејер на овој бизнис беше проценета на 35.000 фунти.
Поддршка за претприемачите
Со продажбата на нејзиниот бизнис, Мејер продолжи да ги развива своите идеи за истражување во претприемништвото. Таа силно верува дека на овој сектор му се потребни венчр капиталисти со искуство во индустријата и разбирање за се она што е потребно за да се направи старт ап. Во основа, претприемачите да ги поддржуваат претприемачите. Ова е бизнис моделот кој стои позади нејзината компанија во Лондон, Ариадне Капитал, кој и донесе многу победи во текот на изминатите години. Некои од најдобрите и први клиенти во нејзината фирма беа и Espotting, Skype и Monitise, со основачи на компании како Hotmail, BetFair и WorldPay
Мејер: Само претприемништвото може да направи револуција
www.kapital.mk
Капитал број 811 15.05.2015
57
Мејер ја потпишува својата книга “Welcome to the Entrepreneur Country” Мејер беше ко-основач на First Tuesday, форум за вмрежување на технолошки стартапи, компанија што подоцна ја продадоа за 33 милиони фунти.
Дојдов до заклучок дека не е проблемот во претприемачите едноставно го немавме вистинскиот калибар на финансиери за стартапите како први акционери. „Кога ја отворив Ариадне Капитал во 2000, никој дотогаш немаше вградено група од претприемачи во својата основа на една инвестициска фирма. Во изминатите 15 години, ние направивме преку 350 милиони фунти инвестиции, плус сега имаме наш сопствен фонд, а нашата инвестициска платформа продолжува да расте“ , изјави Мејер за European CEO.
Создавање на борба
За да ја прошири својата визија на претприемачкиот дух базиран на економија, Мејер лансираше 20 милиони вреден венчр фонд во 2009 година, со кој се инвестира во претприемачи со седиште во Велика Британија кои имаа можност да станат “менувачи на играта“. Таа смета дека борбата во рововите, рамо до рамо со претприемачите, е нејзината клучна
мотивација- без разлика дали таа има работа со секси старт ап бизнис или нешто помалку гламурозно - се има потенцијал, сè додека претприемачот е во тоа за да постигне нешто подобро. „Во овој бизнис сум да ги најдам тие ретки луѓе кои знаат да комуницираат, имаат моќ во технологија, ги впрегнуваат финансиските услуги и ги водат тимовите, а потоа гледам како тие стојат на пазарот - она што ние го нарекуваме екосистем економија. Нашата инвестициска рамка е базирана на тоа дека технологија ја помага можноста да ги трансформира индустриите во еко системи“, објаснува Мејер, и додава дека технологијата е клучна индустрија во секој широко- базиран раст. „Па што значи тоа дека светот тргна кон вмрежувања? Значи дека ниту една индустрија не оперира линеарно. Ние учествуваме во трансакции со три или четири страни и тоа вмрежување значи дека има вид на експоненцијален раст. Јас сум заинтересирана во бизниси кои растат за да го имаат тој растечки елемент кој е воден од технологијата денес“.
Бизнис за сите
Во однос на ова, Мејер нема намера да запре. Во 2012, таа објави книга и онлајн
Џули Мејер сега е посветена на пронаоѓањето претприемачи што може да го променат светот форум, Entrepreneur Country, кои им помагаат на бизнисмените да пловат во денешната економија. Таа очекува да го прави истото во годините што доаѓаат, но со поголема платформа, со поголем капацитет и по можност со повеќе луѓе кои ги делат нејзините погледи во областа на претприемништвото. Со други зборови, таа сака да победи. „Ние сите сме слушнале за трагедијата на многумина дека сите се трудиме да земеме, но сметам дека многу поинтересно е ако сите седнеме заедно на една маса и дискутираме како можеме да направиме масата да порасне, дали може да направиме да порасне многу, може ли да ја направиме на тој начин што економијата само ќе се проширува. Јас слушам кога луѓето велат „мобилното банкарство- може да им помогне на 3 милијарди луѓе околу светот“, вели Мејер. Мејер не верува во оправдувања. Судејќи според нејзиното искуство, парите ги следат идеите- без разлика каде или кои се претприемачите, кои имаат храброст да ги поддржат своите идеи и не се грижат дали парите ќе ги најдат. Во најмала рака, ова е искуството на Мејер досега. nnn
www.kapital.mk
Капитал број 811 15.05.2015
58
Лидери
Марк Кјубан претприемач и сопственик на Далас Маверикс
Рекол за... l Страста
Познавај си го твојот бизнис и индустријата подобро од било кој друг на светот. Сакај го тоа што го работиш, или не го работи воопшто.
l Ризикот
Ако сте подготвени и знаете што ќе ве снајде, тоа не е ризик. Само треба да сфатите како да стигнете до таму. Секогаш постои начин да стигнете до целта.
l Врските
Многу е полесно да си фин, полн со почит, да се ставаш себеси во кожата на потрошувачите, да сфатиш како може да им помогнеш уште пред да ти побараат помош, одошто да се обидуваш да обновиш раскината врска со потрошувач.
l Иновацијата
Ако има 10.000 луѓе што сакаат да направат една иста работа, тогаш зошто ти да бидеш број 10.001?
l Парите
Парите се табела каде што може да се рангираш себеси според тоа како ти оди во однос на другите луѓе.
l Напорот
Една од работите што сите ние можеме да ја контролираме е напорот. Вложете време и напор да станете експерт во тоа што го работите. Тоа ќе ви даде предност затоа што повеќето луѓе не го прават тоа.
l Богатството
Не ми е гајле што зборуваат другите. Да бидеш богат е добра работа.
l Работата
Сè уште работам многу напорно за да си го познавам добро својот бизнис. Постојано барам начини да ги подобрам сите мои бизниси и нон-стоп продавам. Нон-стоп.
l Политиката
Мислам дека една од најголемите клетви за Америка е што имаме само две политички партии.
l Натпреварувањето
Сакам да се натпреварувам. За мене, бизнисот е ултимативен спорт. Секогаш е интересно. Секогаш некој се обидува да ме победи. nnn
Здравата страна на слатките задоволства!