814 kapital magazin

Page 1

www.kapital.mk

Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

Cover story Политичката криза го парализира бизнисот Никој ништо не работи, никој никому не плаќа!

анализа

5

мерки кои ќе го зголемат извозот на домашните кондитори

свет Кој се е на удар на конфликтот Москва – Вашингтон?

interview

Бранко Азески

претседател на Стопанска комора на Македонија

Бизнисот не смее да запре и да чека кризата да помине. Сега е време за храбри мерки! Што договори балканската елита на Самит 100 во Порторож? Регионалните компании здружено да го освојуваат светот

Грчката криза и Македонија: Паѓаат извозот и инвестициите број 814 | цена 100 ден. | 5 јуни, 2015 | петок | година 16

www.kapital.mk




4

Капитал број 814 05.06.2015

содржина 08 навигатор 12 cover story

Политичката криза го парализира плаќањата меѓу компаниите Никој ништо не работи, никој никому не плаќа!

20 интервју

Бранко Азески

претседател на Стопанска комора на Македонија

Бизнисот не смее да запре и да чека кризата да помине. Сега е време за храбри мерки!

26 Компании и пазари 5 мерки кои ќе го зголемат извозот на домашните кондитори

42

30 Компании и пазари Паѓаат трговијата, извозот и инвестициите од Грција

34 Самит 100 38 политика

Балканската елита се состана во Порторож! Странците и дадоа долг транзициски период на Македонија - за спас или за поголема криза ?

42 интервју

Иван Крастев

политички аналитичар

За кризата во Македонија има вина и кај Европската унија

бизнис и политика 44 Свет

Обама даде иницијатива, Путин ја пресретна Зошто Вашингтон и Москва го прекинаа дипломатскиот пост?

бизнис 48 Свет и политика

Кој е Анджеј Дуда, новиот полски претседател?

48 Бизнисот на “pause”

Додека политичките противници се обидуваат да го најдат правецот во лавиринтот што ќе ги доведе до излез од кризата, бизнис секторот парализирано стои во место. „Никој ништо не работи и никој никому не плаќа“, вели еден директор на компанија обидувајќи се да одговори какви се последиците од политичката криза врз бизнисот. XXСтр. 12

Како до повеќе извезени чоколади и бисквити? Кондиторската индустрија во Македонија моментално ги користи само 60% од своите капацитети, што значи дека има огромен простор за зголемување на производството. Капитал направи анкета за да ги слушне мислењата и предлозите на домашните кондитори како да се зголеми производството и извозот.

XXСтр. 26

Иван Крастев: За кризата во Македонија в

Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје l Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, ка Основач и директор: Љупчо Зиков l Одговорен уредник: Биљана Здравковска Стојчевска l Печати: Графички центар Скопје, ул. Скупи бб, 1000 Скопје l Тираж: 3.000 примероци l Датум на печатење:


5

52 свет

44

„Најважната споредна работа“ стана главна „благодарение“ на корупцискиот скандал Блатер „преживеа“, но, на ФИФА и треба ремонт

54 CEO Profile Тим Кук

главен извршен директор на Apple

Човекот што го замени “незаменливиот“ Џобс

54

56 фељтон

Методи Чепреганов невропсихијатар

Агресијa моќта на човечкиот деструктивен нагон (3) “Цивилизираниот“ човек на убивањето не гледа лично

“Изблатениот“ Блатер се повлече

Само што помисливме дека итриот Швајцарец уште еднаш ќе одолее на притисоците поврзани со сомнежите околу корупција во “куќата на фудбалот“ што ја предводи, овој пат Сеп Блатер само четири дена се радуваше на новиот мандат. Седумте апсења на високи функционери на ФИФА ја прелеаја чашата и по 17 години заврши неговата ера во оваа организација.

52 Русија-САД

Oценките дека има затоплување на односите меѓу Вашингтон и Москва по посетите на Џон Кери и на Викторија Нуланд на Русија, секако, не изостанаа, но, засега нема ништо што би укажувало на ефектите, и особено на суштинските цели на приближувањето, за кои е јасно дека не можат да се сведат само на поддршка на договорот од Минск. XXСтр. 44

вина сноси и Европската унија

ат 6, стан бр.31 l П. ФАХ 503, 1000 Скопје 04.06.2015

XXСтр. 52


ЗА ВРВНИ МАГИСТЕРСКИ СТУДИИ НЕ МОРАТЕ ДА ОДИТЕ ВО СТРАНСТВО!

СЕГА И ВО СКОПЈЕ! • Престижна МБА програма за развој на вашата кариера • Рангирана помеѓу првите 100 во светот • Со тројна меѓународна акредитација која гарантира квалитет на наставата

УПИСИТЕ СЕ ВО ТЕК! msm.uacs.edu.mk

ЗА ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ:

Универзитет Американ Колеџ Скопје Трета Македонска Бригада 60, 1000 Скопје Тел: +389 2 2463 156

Е-пошта: globalmba@uacs.edu.mk Веб: msm.uacs.edu.mk


7

Капитал број 814 05.06.2015

издава: Капитал Медиа Гроуп основан 1999 година основач: Љупчо Зиков бул. ВМРО бр.7, зграда 1, влез 1, кат 6, стан бр.31

тел. ++ 389 2 3280 910 www.kapital.mk www.facebook/KapitalMK

WWW.KAPITAL.MK

Претплатете се на КАПИТАЛ...

И

COVER STORY

ВО СЛЕДНИТЕ ДВЕ ГОДИНИ

МАКЕДОНИЈА ЌЕ СЕ ЗАДОЛЖИ СО

1,25

Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

БРОЈ 808 | ЦЕНА 100 ДЕН. | 24 АПРИЛ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16

дејата и визијата за тоа што сакаат да направат, беше највредниот капитал кој го поседуваа луѓето што ја почнаа приказната милијарди евра за Капитал пред повеќе од 15 години. Со макотрпна и посветена работа на својот тим, магазинот се наметна како еден од најрелевантните извори на квалитетни информации во Македонија милиони евра од и регионот, значајни за приватниот, јавниот и ДОМА невладиниот сектор. Да се биде лидер на пазарот во својот сегмент е голема чест и задоволство, но и голема обврска кон сите што секоја недела нетрпеливо милиони евра од СТРАНСТВО го чекаат Капитал да ги информира за економските проблематики и актуелности, но, и да ги едуцира со своите содржини за најновите трендови. Капитал се чита во директорски канцеларии, Капитал СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ се чита во кабинети на политичари, Капитал се чита KОЈ Е КОЈ ВО ГРАДЕЖНАТА ИНДУСТРИЈА? на универзитети, институти, “тинк-тенк” центри.... ПАНИКА: БАЛКАНОТ ЌЕ СЕ ПРЕПЛАВИ СО ЕВТИНО ЕВРОПСКО МЛЕКО! едноставно Капитал е секаде кај што се со годишна донесуваат одлуки и креираат п ретплата од политики и стратегии.

590

WWW.KAPITAL.MK

660

специјален прилог - градежништво

КОЈ Е КОЈ

ВО ГРАДЕЖНАТА ИНДУСТРИЈА?  НОВИОТ ГРАДЕЖЕН

 НОВИТЕ СТАНОВИ

 ИНДУСТРИЈАТА ЗА

 КОИ ПРОИЗВОДИ

денари, заштедете

24 месечна претплата 6.100 денари со вклучени 40% попуст

WWW.KAPITAL.MK

ММФ

281,8

? во што е проблемот

И ПОКРАЈ СИТЕ ПОВОЛНОСТИ, СТРАНЦИТЕ ГИ ВАДАТ ПАРИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА

МИЛИОНИ ЕВРА ОДЛЕАНИ КАКО ДИВИДЕНДИ ЛАНИ Зошто инвеститорите лани одлучиле да го репатрираат профитот што го создавале сите претходни години?!

ХУАН ПЕДРО ХИМЕНЕЗ НАВАРО INTERVIEW директор на АрцелорМитал-Скопје СО ИНВЕСТИРАЊЕ ВО НОВИ ПРОИЗВОДИ ГИ НАДМИНАВМЕ ПРЕДИЗВИЦИТЕ ИЛОН МАСК: СУПЕР-ПРЕТПРИЕМАЧ КОЈ ПРАВИ ПАРИ СПАСУВАЈЌИ ГО СВЕТОТ

КАПИТАЛ НА ПРЕСТИЖНА КОНФЕРЕНЦИЈА ВО ВИЕНА

МАКЕДОНИЈА И ЗАПАДЕН БАЛКАН НЕ ГИ ДОВРШИЈА РЕФОРМИТЕ

АНАЛИЗА: ЏУМАЈЛИЈА ПОВТОРНО ЌЕ СЕ ДАВА ПОД КОНЦЕСИЈА

WWW.KAPITAL.MK

WWW.KAPITAL.MK

ДУРИ

STARTUP МАКЕДОНСКИ СТАРТАПИ УСПЕВААТ ДА ДОБИЈАТ ПАРИ ОД СТРАНСКИ БИЗНИС АКЦЕЛЕРАТОРИ

СЛУЧАЈ: МАКЕДОНСКИ БИЗНИС Фирмите чекаат на Господ, Директорите се крстат!

АНАЛИЗА

WWW.KAPITAL.MK

ПОЛИТИКA МОЖНО ЛИ Е НА МЕСТОТО НА ЗВРЛЕВСКИ ДА ДОЈДЕ ОБВИНИТЕЛ ОКОЛУ КОЈ ЌЕ СЕ СЛОЖАТ ГРУЕВСКИ И ЗАЕВ?

COVER STORY

МАКЕДОНСКАТА ИНДУСТРИЈА РАБОТИ СО МАШИНИ СТАРИ НАД ДВЕ ДЕЦЕНИИ

ШТО СЕ КРИЕ ЗАД НОВИТЕ БРАНУВАЊА ПОД ПОВРШИНАТА НА МЕЃУЕТНИЧКИТЕ ОДНОСИ ВО МАКЕДОНИЈА?

ЧЕТВРТА РЕГИОНАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА БИЗНИС ПЛУС ВО БЕЛГРАД

WWW.KAPITAL.MK

Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

со вклучени 20% попуст

Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

12 месечна претплата 4.100 денари

Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

4.100 20%

6 месечна претплата 2.200 денари со вклучени 15% попуст

И ИНДУСТРИИ СЕ ВКЛУЧЕНИ ВО ИЗГРАДБА НА ЕДЕН СТАН?

БРОЈ 800 | ЦЕНА 100 ДЕН. | 27 ФЕВРУАРИ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16

Во време кога квалитетната информација е најскапоцен ресурс, не дозволувајте да останете без најскапоценото. Станете и вие дел од семејството на редовни читатели на Капитал и искористете ги поволните пакети за претплата што ги подготвивме за вас.

СЕ 80% МАКЕДОНСКИ ПРОИЗВОД

БРОЈ 803 | ЦЕНА 100 ДЕН. | 20 МАРТ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16

ГРАДЕЖНИ МАТЕРИЈАЛИ РАБОТИ СО ПОЛОВИЧЕН КАПАЦИТЕТ

ЧЕТВРТА РЕГИОНАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА БИЗНИС ПЛУС ВО БЕЛГРАД COVER STORY МОЖЕ ЛИ БИЗНИСОТ ДА ПИЛОТИРА ВО ПОЛИТИЧКИТЕ ТУРБУЛЕНЦИИ?

БРОЈ 803 | ЦЕНА 100 ДЕН. | 20 МАРТ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16

БУМ ЌЕ ЈА РАЗДВИЖИ ЕКОНОМИЈАТА

ПОЛИТИКА ДАЛИ ГЕРМАНИЈА НАМЕТНУВА НОВА ИГРА НА ДОВЕРБА МЕЃУ СКОПЈЕ И АТИНА?

WWW.KAPITAL.MK

INTERVIEW

ВЛАДИМИР ГЛИГОРОВ

ПРОФЕСОР НА ВИЕНСКИ ЕКОНОМСКИ ИНСТИТУТ

Македонија ќе го урне својот углед ако на политичката криза даде недемократски одговор! АНАЛИЗА

ПАЃА МАКЕДОНСКИОТ ИЗВОЗ НА БАЛКАНОТ

СЕ БОРИМЕ ЗА ИЗВОЗ ВО ДУБАИ И КАТАР, А ЗАБОРАВАМЕ НА СРБИЈА И БУГАРИЈА

ТУРЦИЈА: КАКО ДА СЕ ЗГОЛЕМAT ИЗВОЗОТ И ИНВЕСТИЦИИТЕ?

*Во цената е вклучен ддв и платена поштарина

...заеднички ја креираме додадената вредност на нашите животни проекти...


www.kapital.mk

Капитал број 814 05.06.2015

8

НАВИГАТОР

график на неделата... 2,1

2,0

-0,4

-0,6

-3,0 Кв.1

3 факти за...

Извор: Народна банка

Кв.2

2014

Кв.3

Кв.4

2015

Кв.1

Цените на становите пораснаа за 2,1%

Ц

ените на становите во првиот квартал пораснаа за 2,1% на годишно ниво, евидентира Народната банка. Во однос на крајот на годината, цените на метар квадратен се повисоки за 1,5%.

1,49% 2,05% 0,28%

изнесува стапката на слободни работни места во првиот квартал од 2015 година изнесува највисоката стапка на слободни работни места во секторот: Транспорт и складирање изнесува најмалата стапка на слободни работни места во секторот енрегетика

> БРОЈКА

3.270

Југохром Фероалојс о

работни места се отвориле во индустријата во 2014 година

светот низ медиумите... Der Spiegel

Корупцискиот скандал и оставката на првиот човек на ФИФА Сеп Блатер се топ тема во сите светски медиуми. Иако постојат непобитни докази за огромен криминал неговото заминување е поврзано многу поголеми геополитички игри. lll

Time

Смртната казна во САД полека оди во историјата. Магазинот Тајм репортажно и аналитички ја прикажува целата децениска борба за укинување на најстрогата казна во американското правосудство и ја истражува оправданоста на ваквиот најнов тренд. lll

The Jerusalim Post

Повторно се комплицира состојбата со Иран. Преговорите помеѓу Техеран и западот иако започнаа доста надежно полека но сигурно одат кон длабоките и матни води на недоразбирањата и различните интереси. Според израелските медиуми епилогот може да биде катастрофален. lll

South China Morning Post

Кина тагува по огромната бродска трагедија која се случи во реката Јанг Це Јанг каде животите ги изгубија повеќе стотици луѓе. Јавноста е со став дека Кина како една од технички најнапредните земји не смее да си дозволи вакви пропусти со катастрофални последици. lll

Ц

Централниот регистар одобри започнување на судска процедура за стечај за Југохром Фероалојс од Јегуновце. Ова стои во решението објавено на Централниот регистар.

Во меѓувреме веќе е назначен и стечеан управник. Станува збор за извесен Сашо Георгиевски од Скопје од листата на овластени стечајни управници. „Централниот Регистар на Република Македонија преку регистраторот Добре Наунов, постапувајќи по пријавата за упис на променазапишување на податок за доделена стечајна сметка во Друштво за производство трговија и услуги ЈУГОХРОМ ФЕРОАЛОЈС ДООЕЛ Јегуновце-во стечај,со примена на член 59 од Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица, го донесе следното решение за одобрување на пријавата од 27.05.2015 година за Судска Процедура- Стечај”, се вели во


www.kapital.mk

Капитал број 814 05.06.2015

9

проценки... > БРОЈКА

Димитар Богов

гувернер на Народната банка на Македонија

Курсот на денарот е соодветен

К

132

урсот на денарот е во надлежност на Народната банка и Народната банка е таа која ќе одлучи каков ќе биде курсот. Сите наши анализи покажаа дека курсот е соодветен и ние поради тоа не губиме од конкурентноста.

радиодифузери функционирале во Македонија во 2014 година

ВЕСТИ...

оди во стечај?! Врз фабриката за производство на феросилициум Југохром Фероалојс од Јегуновце е отворена стечајна постапка и се уште никој не потврдува дали овој капацитет ќе успее да продолжи со работа. Работењето на фабриката учествува со 0,9%во БДП на земјава и 7% во извозот од металопреработувачката индустрија. Покрај редовните 1000 вработувања, според некои проценки функционирањето на фабриката овозможува уште над 5.000 индиректни вработувања во компании чие работење е поврзано со Југохром. решението објавено на Централниот регистар. Капацитетот „Југохром“ е единствениот во земјава кој доби двегодишно одложување на рокот за добивање А-интегрирана еколошка дозвола, само под услов да го преполови производството и загадувањето на воздухот да го намали за 60%. Последната вест поврзана со ова прашање е од март 2015 година кога раководството помпезно најави дека поставувањето на филтри на издувните оџаци сепак ќе започне. Југохром е фабриката за производство на феролегури која доминантно произведува феросилициум, легура која во главно се користи како суровина во челичната индустрија. Работењето на фабриката учествува со 0,9%во БДП на земјава и 7% во извозот од металопреработувачката индустрија. Покрај редовните 1000 вработувања, според некои проценки функционирањето на фабриката овозможува уште над 5.000 индиректни вработувања во компании чие работење е поврзано со Југохром. Актуелен сопственик на капиталот во „Југохром“ е рускоукраинската компанија „Камелот груп“. nnn

Скопје добива нов трговски центар од 50 милиони евра

Б

угарската компанија ИСА 2000 ќе гради трговски центар во непосредна близина на аеродромот Александар Велики. Luxury Balkan Mall е официјалното име на проектот, а според најавите на општината Петровец, ќе биде 50 милиони евра и ќе отвори 2000 вработувања. Колку за улустрација според планот станува збор за објект двојно поголем од Сити Мол. Бугарските инвеститори засега

имаат обезбедено парцела од околу 70 илјади квадрати. ,а според планот трговскиот треба да биде со големина од 200 илјади квадратни метри во кои се планирани 2000 вработувања. Компанијата ИСА 2000 е една од најголемите градежни компании во соседна Бугарија со искуство во изградба на големи станбени и деловни објекти од овој тип.

Нова владина реклама за користење на лекови тешка половина милион евра

В

ласта ќе плати 500 илјади евра од државниот буџет на три маркетинг агенции кои ќе треба да ја осмислат и реализираат најновата кампања за подигање на свеста на граѓаните за рационална употреба на лековите. Агенција за маркетинг, комуникации и услуги ОМЕГА КОМУНИКЕЈШН ќе добие 236 илјади евра за подготвување и реализација на медиа план, закуп на медиумски простор за електронски и печатени медиуми и внатрешно и надворешно рекламирање. Агенцијата Маркет Висион добива бизнис вреден 125.552 евра за осмислување и реализација на ПР стратегија за промоција на кампањата. Агенцијата за продукција и снимање филмови Аквариус Дизајн ќе биде ангажирана за идејно решение и изработка на ТВ спотови за оваа кампања, за што ќе добие 106.545 евра. Аквариус Дизајн и Маркет Висион, заедно со маркетинг

агенцијата Њу Момент беа ангажирани во кампањата за промоција на здравиот начин на исхрана која почна во август 2014 година, а која буџетот чини исто така 500 илјади евра. Агенцијата Омега Комуникејшн, пак, во 2012 година беше ангажирана за изработка на промотивен спот за проектот Скопје 2014, за што Владата и исплати 230.000 евра. Интересно е што при изборот на најповолните пристигнати понуди од маркетинг агенциите најмногу бодови 65 носел квалитетот, а 35 бодови цената. Тоа е сосема спротивен пристп од оној кој се користи кога државата на пример набавува лекови, кога најмногу или 65 бодови носи цената, а квалитетот носи 35 бодови. Според информациите од Биротот за јавни набавки, овие маркетинг агенции биле избрани на отворена постапка при која биле добиени 8 понуди.


www.kapital.mk

Капитал број 814 05.06.2015

10 НАВИГАТОР

ИЗЈАВА НА неделата

> БРОЈКА

4,5%

е намален бројот на работници во рударството во април годинава

Јозеф Стиглиц

економски нобеловец

победник на неделата

Мултинационалните корпорации работат како една и унифицираа компанија, па така и треба да бидат оданочувани. Сега е време политичките лидери да бидат храбри. Сега е време за целосно преструктуирање на глобалниот даночен систем со цел да се обезбеди секоја компанија да го плаќа нејзиниот фер удел.

Во “братска” Русија во првит сме извезле само 6 милиони

И

звозот од Македонија во Русија во првите три месеци годинава изнесува само 6,8 милиони долари, додека во истиот период увозот од оваа земја изнесувал 71,5 милиони долари. Од 20-те најголеми трговски партнери, Русија е земјата во која Македонија најмалку извезува, односно само 0,7% од вкупниот македонски извоз во првите три месеци бил насочен кон оваа земја. Околу 43% од целиот извоз во првите три месеци отпаѓа на машините кои во

Два буџета на Македо нелегално одлеани в

Бил Гејтс

+

Основачот на Мајкрософт, бизнис магнат, филантроп и инвеститор, Бил Гејтс веќе втора година по ред е прогласен за најбогат човек во светот од страна на угледниот магазин Forbes. Според пресметките на магазинот се проценува дека Гејтс „тежи“ 79,2 милијарди долари или 8 милијарди повеќе од Карлос Слим, кој претходно четири години наназад го држеше првото место на оваа листа, преземајќи го токму од Гејтс кој од 1995 до 2008 година во континуитет ја држеше оваа позиција. Ваквиот рејтинг на основачот на Мајкрософт е позитивен пример за тоа како се гради империја која и пркоси и на најголемата светска економска криза, оти Гејтс покажа вистински капацитет и умешност, дури и во најтешките времиња да ја задржи лидерската позиција. Но, освен што е најмногу познат во однос на револуцијата што ја направи во компјутерската технологија, во последно време Гејтс многу повеќе е почитуван и поради филантропските потези и донации кои ги прави преку неговата и фондацијата на неговата жена, Бил и Мелинда Гејтс Фондација основана во 2000 година. Токму ваквата сестраност и успешност на повеќе полиња, го прават Гејтс еден од највлијателните луѓе во светот.

С

Според извештајот кој што се однесува за периодот од 2003 до 2012 година, најмногу пари нелегално се изнесени во 2008 година, 928 милиони долари, а просечно годишно од земјава “испарувале“ по 521 милион долари. За 521 милион долари може да се направи 50 километри автопат во Македонија, на пример, ако

се извади некаков просек од досегашните вредности за градење автопат, а вкупната сума од 5,2 милијарди долари се скори два годишни буџети на Македонија. Според овие бројки Македонија е позиционирана на 79 место на глобалната листа на GFI каде што се рангирани 145 земји во развој. Нелегални финансиски текови (Illicit financial flows-IFFs) според методологијата на GFI се нелегални текови на пари кои што се незаконски заработени, трансферирани и/или искористени. Според ГФИ нелегални финансиски текови може да бидат перење на пари заработени од трговија со дрога, оружје и сл.; кога увозници користат лажни фактури за да избегнат царина, ДДВ, итн.; корумпиран државен службеник користи анонимна нафтена компанија за да трансферира валкани пари на банкарска сметка во друга земја; трговец со бело робје носи чанта полна со пари


www.kapital.mk

Капитал број 814 05.06.2015

11

те три месеци годинава и долари оваа земја ги извезува прилепски Микросам, а околу 25% на извозот на лекови, од кои најголем дел го прави компанијата Алкалоид. Во Русија во првите три месеци сме извезле и јаболка, домати, зелка, но и киви. Иако Македонија со години наназад бара договор за слободна трговија со Русија, досега немало ниту најави за било какво олеснување на трговијата. Колку за споредба извозот во Германија во првите три месеци од 2015 година изнесувал 452,3 милиони долари.

онија се во странство Преку 5,2 милијарди долари нелегално се одлеани од Македонија за 10 години, вели извештајот на Global Financial Integrity. Безмалку 98% од овие пари се испрани преку фалсификување фактури при увоз и извоз на стоки и услуги. За 10 години од Македонија на нелегален начин се изнесени 5,2 милијарди долари, покажува извештајот “Нелегални финансиски одливи од земјите во развој“ на организацијата Global Financial Integrity - GFI со седиште во Вашингтон. преку граница и ги депонира во странска банка; или терорист префрла пари од Блиски Исток на оперативец во Европа, итн. Фалсификувањето фактури при надворешната трговија е најзначајниот дел од илегалните трансфери на пари во извештајот на GFI. Toa се случува кога намерно се прикажува погрешна вредност на трговската трансакција во фактурата што се поднесува до царинските служби. Преку измамничко манипулирање со цената, количината или квалитетот на стоката или услугите во приложените фактури, криминалците лесно и брзо префрлаат големи количини пари преку граница. Во Македонија, на овој начин од 2003 до 2012 година исчезнале пет милијарди долари, односно 97% од вкупната вредност на нелегално одлеаните пари. Извештајот покажува дека од 2003 до 2012 година земјите во развој загубиле 6.600 милијарди долари во илегални одливи, кои што растеле со стапка од 9,4% годишно. По мал застој за време на финансиската криза, илегалните одливи повторно растат и го достигнуваат пикот од 991 милијарда долари во 2012 година. nnn

мисла на неделата

> БРОЈКА

Се обидувам да купам акции во бизниси кои се толку добри што и идиот би можел да ги раководи. На крај сигурно некој таков и ќе ги раководи

63

телевизии работат во Македонија

лидери

Ворен Бафет

Американски милијардер

губитник на неделата

Александар Вучиќ

Српскиот премиер засега многу јасно го гледа западниот пат по кој мора да се движи Србија

Ранд Пол

Американскиот сенатор Пол е најзаслужен што повеќе не е на сила Патриотскиот акт со кој американските граѓани можеше да бидат прислушувани

не им беше неделата

Љубчо Георгиевски

После упорноста за амнестија на корупциските скандали, Георгиевски сo уште една небулоза- ќе објавува “бомби” за опозицијата

Абдулаќим Адеми

И покрај отпорот и кај учениците и кај наставниците и кај родителите, небулозниот проект екстерно тестирање продолжува да се бутка на сила

_

Сеп Блатер По само четири дена откако го освои петтиот последователен мандат на чело на “светската куќа на фудбалот“, Сеп Блатер си поднесе оставка, заради апсењето на седуммина високи функционери на ФИФА осомничени за корупција. Овие апсења иницираа и раскол помеѓу ФИФА и УЕФА, па под знак прашање беше ставено доделувањето на организацијата на светските првенства на Русија и Катар. “Воочив дека немам поддршка од сите за понатамошна соработка, заради што закажав нови избори. Многу ја сакам и ценам ФИФА и мислам дека новите избори се за доброто на фудбалот“, рече Блатер на вонредната прес конференција во вторникот. Блатер е на чело на ФИФА веќе 17 години, период во кој што фудбалот продолжи да се шири на сите континенти, но и да јакне позицијата на Блатер, па на изборите во 2007 и 2011 година немаше противкандидат. Швајцарецот изминативе години “преживеа“ неколку афери во кои што оваа организација беше обвинувана за корупција, но ниедна не беше сериозна како оваа последнава која поприми и политички карактер.


www.kapital.mk

Капитал број 814 05.06.2015

12

COVER STORY

Политичката криза го парализира

36,4%

15%

се намалени странските инвестиции во првиот квартал од годинава споредено со истиот период лани

9,7%

9,1% 4,9%

5,9%

7,5%

е намален увозот во март годинава

5,8%

1,3%

0,2% Апр.

7,4%

падна извозот во март годинава на годишно ниво

Мај

Јуни

Јули

Авг. 2014

0,7% Септ.

Окт.

Ноем.

Дек.

1,1% Јан.

Никој ништо н никој никому Додека политичките противници се обидуваат да го најдат правецот во лавиринтот што ќе ги доведе до излез од кризата, бизнис секторот парализирано стои во место. „Никој ништо не работи и никој никому не плаќа“, вели еден директор на компанија обидувајќи се да одговори какви се последиците од политичката криза врз бизнисот. Во исчекување на исходот, се откажуваат инвестициите, паѓаат производството и продажбата, се стопираат сите исплати. Статистиката веќе ги сумираше првите негативни ефекти од политичката криза врз економијата. Индустриското производство во април после повеќе месеци континуиран раст, падна за 0,9%. Извозот во март се намали за 15%, додека, пак, увозот за 7,4%. Странските инвеститори во март повлекувале пари од земјава. Гувернерот на Народната банка, Димитар Богов, веќе предупреди дека пролонгирањето на политичката криза го доведува во прашање остварувањето на планираниот економски раст годинава.


www.kapital.mk

Капитал број 814 05.06.2015

13

бизнисот Индустриско производство

(годишна промена)

3,1% 0,6% Фев.

-0,9%

Март

Апр.

2015

не работи, у не плаќа! пишува:

"Н Александар Јанев

aleksandar.janev@kapital.mk

икој ништо не работи и никој никому не плаќа“, вели еден директор на компанија обидувајќи се да одговори какви се последиците од политичката криза врз бизнисот. Додека политичките противници се обидуваат да го најдат правецот во лавиринтот што ќе ги доведе до излез од кризата, бизнис секторот парализирано стои во место. Во исчекување на исходот, се откажуваат инвестициите, паѓаат производството и продажбата, се стопираат сите исплати. „Политичката криза во земјава целосно ги

блокира плаќањата меѓу компаниите. Не плаќаат дури ниту бизнисмените што имаат пари, стравувајќи дека ќе кризата ќе се продлабочува. Неликвидноста се заканува да затвори многу фирми кои што со месеци чекаат да си ги наплатат фактурите. Ниту Законот за финансиска дисциплина, кој што е во примена, не дава резултати бидејќи не се почитува“, вели Горан Рафајловски, основач на бирото за економско - правен консалтинг и ревизија “Рафајловски консталтинг“. Горан Антески, генерален директор на Раде Кончар ТЕП вели дека загрижува тоа што нема никаква инвестициска активност, ниту од домашните ниту од странски компании.


www.kapital.mk

Капитал број 814 05.06.2015

14

COVER STORY

Н

П

олитичката криза во земјава целосно ги блокира плаќањата меѓу компаниите. Не плаќаат дури ниту бизнисмените што имаат пари, стравувајќи дека ќе кризата ќе се продлабочува. Неликвидноста се заканува да затвори многу фирми кои што со месеци чекаат да си ги наплатат фактурите. Ниту Законот за финансиска Горан Рафајловски дисциплина, кој што е во примена, не дава резултати бидејќи не се биро за економско – правен консалтинг почитува. и ревизија Тој вели дека бизнисмените се воздржуваат да трошат пари и тоа ја блокира целата економија. „Неликвидноста е драстично зголемена и овој проблем зазема загрижувачки размери. Бизнисмените стравуваат за иднината на своите компании доколку кризата ескалира и се воздржуваат да трошат пари. А штом еден не плаќа, го блокира целиот круг и се создава голем проблем. Ако порано краткорочните финансиски проблеми се надминуваа со кредит од банка, неизвесноста во економијата денес ги одвраќа бизнисмените од оваа идеја бидејќи се плашат дека нема да можат да го вратат ниту кредитот“, вели Антески. Глигор Цветанов, главен извршен директор на Макпрогрес исто така коментира дека со продлабочувањето на политичката криза се чувствува поголема неликвидност. „Повеќе компании ги одложуваат плаќањата, но се уште не станува збор за масовна појава. Кај нас овој ефект не е толку изразен бидејќи 80% од производите ги извезуваме, така што наплатата од странство е редовна. Политичката криза помалку ги исплаши нашите странски партнери па така постојано се јавуваат да прашаат што се случува, дали ќе ги снабдиме со нарачките, дали е безбедно да патуваат во Македонија и слично. Очекувам што побрзо решение на политичките проблеми за да се врати стабилноста без која бизнисот не може да функционира“, вели Цветанов. Статистиката веќе ги сумираше првите негативни ефекти од политичката криза врз економијата. Индустриското производство

Горан Антески

генерален директор на Раде Кончар ТЕП

во април после повеќе месеци континуиран раст, падна за 0,9%. Извозот во март се намали за дури 15%, додека пак увозот за 7,4%. Странските инвеститори во март повлекле околу 20 милиони евра, така што после првиот квартал салдото на странски инвестиции брои 69,1 милиони евра. Тоа е за 36,4% помалку во споредба со истиот период лани. Гувернерот на Народната банка, Димитар Богов, веќе предупреди дека пролонгирањето на политичката криза го доведува во прашање остварувањето на планираниот економски раст годинава.

Законот за финансиска дисциплина не ја подобри наплатата

Политичката криза не е единствената причина што бизнис секторот во земјава е недисциплиниран кога се во прашање плаќањата. Таа во моментов се користи само како алиби да не се плаќа навреме, меѓутоа, и во нормални услови на работење, роковите на плаќања во земјава се предолги. Податоците од Централниот регистар за лани покажуваат дека македонските фирми во просек ги плаќаат обврските за 172 дена. Тоа е за четири дена подолго споредено со 2013 година. Тие пак, своите побарувања ги наплатуваат во просек за 120 дена. Ова се убедливо најдолги рокови за плаќање во цела Европа. Најновото истражување на шведската компанија Intrum која го прави европскиот индекс на плаќања, покажува дека со рок на плаќање од 80 денови, најнедисциплинирани се италијанските компании. Во Португалија и Шпанија,

еликвидноста е драстично зголемена и овој проблем зазема загрижувачки размери. Бизнисмените стравуваат за иднината на своите компании доколку кризата ескалира и се воздржуваат да трошат пари. А штом еден не плаќа, го блокира целиот круг и се создава голем проблем. Ако порано краткорочните финансиски проблеми се надминуваа со кредит од банка, неизвесноста во економијата денес ги одвраќа бизнисмените од оваа идеја бидејќи се плашат дека нема да можат да го вратат ниту кредитот“

минатата година во просек се чекало по 70 дена за наплата на побарување. Од земјите во регионот, најлошо е рангирана Хрватска каде што за наплата за чека 48 дена, во Бугарија 39 дена, во Словенија 36 дена, додека пак Босна и Србија се меѓу најдисциплинираните земји со рок на наплата до 30 дена. Кога станува збор за плаќања на обврските од страна на јавниот сектор, повторно Италија е на дното на табелата каде што за наплата се чека 145 дена. Останатите држави кои што беа најпогодени од европската должничка криза, како Португалија и Шпанија, исто така ги пробиваат сите нормални рокови за плаќање на обврските. Просечниот рок на наплата од 120 дена во земјава иако во европски рамки изгледа рекорден, во македонски услови се чини нормален. Поточно законски. Со Законот за финансиска дисциплина што почна да се применува минатата година со цел да стави ред во хаосот со плаќањата, државата им остави можност на компаниите со меѓусебен договор, рокот на плаќање да може да се оддолжи до 120 дена. Со тоа всушност се озакони долгата наплата на побарувањата без да се скратат роковите што беше главно барање на бизнис секторот. Финансиските аналитичари оценија дека овој закон не може да го санира проблемот со неликвидноста токму поради тоа што во своите членови го содржи рокот за наплата од 120 дена. „Законот сосема неоправдано предвидува рок за наплата од 120 дена како максимален рок, што би значело дека дури и сите да го испочитуваат законското решение, просекот ќе остане 120 дена, а тој е

Статистика: Инудстриското производство падна во април


www.kapital.mk

Капитал број 814 05.06.2015

15

П

Глигор Цветанов главен извршен директор на Макпрогрес

овеќе компании ги одложуваат плаќањата, но се уште не станува збор за масовна појава. Кај нас овој ефект не е толку изразен бидејќи 80% од производите ги извезуваме, така што наплатата од странство е редовна. Политичката криза помалку ги исплаши нашите странски партнери па така постојано се јавуваат да прашаат што се случува, дали ќе ги снабдиме со нарачките, дали е безбедно да патуваат во Македонија и слично. Очекувам што побрзо решение на политичките проблеми за да се врати стабилноста без која бизнисот не може да функционира“

проблематичен. Тоа малите фирми не можат да го издржат. Секое плаќање подолго од 30 дена е фактичко кредитирање“, оценија финансиските аналитичари.

Бизнисот бара нови мерки за неликвидноста

Откако стана јасно дека Законот за финансиска дисциплина не може да ги испорача посакуваните резултати, а тоа се намалување н а р о ко в ите з а н а пл ата и подобрување на ликвидноста

во бизнис секторот, Стопанската комора ќе достави до Владата свои мерки за надминување на финансиските проблеми. „Проблемот со неликвидност на деловните субјекти и понатаму претставува пречка за редовно вршење на дејноста, навремено исполнување на обврските на доверителите кон сопствените доверители, зголемување на трошоците на работење поради камати, такси и други

Големиот бизнис бара државата побрзо да ги плаќа обврските

С

топанската комора, каде членуваат најголемите компании во земјава, врз основа на анкетите спроведени од нејзините членки излезе со нови конкретни мерки за надминување на неликвидноста во економијата. Големиот бизнис бара:

l Да се преиспита динамиката на примена

на правилата на Законот за финансиска дисциплина во јавниот сектор и да се разгледа можноста за скратување на роковите за плаќање на обврските од јавниот кон приватниот сектор или да се ревидира временската рамка така што ќе се поместат роковите од кога ќе почнат да важат соодветните рокови;

l Да се разгледаат можностите за ревоведување на инструментите како што се акцептен налог или други инструменти;

l Да се промовира почеста употреба на

постојните инструменти за обезбедување или за плаќање како што се меница и чек;

l Да се разгледа воведување на концепт на

институција слична на Кредитното биро која ќе има посредничка улога во пријава и наплата на побарувања на деловните субјекти.

ʶ̛̛̬̖̯̦̯̖̔ ̸̡̡̛̛̬̯̌ DĂƐƚĞƌ ĂƌĚ ̛ sŝƐĂ ̨̔

̛̏ ̪̬̖̣̔̌̐̌​̯̌ • Ʉɪɟɞɢɬɟɧ ɥɢɦɢɬ ɜɨ ɜɢɫɢɧɚ ɞɨ ɦɟɫɟɱɧɢ ɩɪɢɦɚʃɚ • Ɇɢɧɢɦɚɥɟɧ ɢɡɧɨɫ ɧɚ ɩɥɚʅɚʃɟ • Ȼɟɡ ɱɥɟɧɚɪɢɧɚ ɡɚ ɩɪɜɚɬɚ ɝɨɞɢɧɚ • Ȼɟɡ ɤɚɦɚɬɚ ɡɚ ɩɥɚʅɚʃɟ ɧɚ ɪɚɬɢ ɂɧɮɨ ɰɟɧɬɚɪ www.unibank.com.mk ɋɥɟɞɟɬɟ ɧࣉ ɧɚ www.facebook.com/unibank.mk


www.kapital.mk

Капитал број 814 05.06.2015

16

COVER STORY

Денови

209

на наплата по сектори

Градежништво

151 85

126

164

193

недвижности

Земјоделство

Индустрија

Транспорт

2.166

компании банкротирале лани

Денови *Македонија на наплата Италија 80 на побарувања Португалија 70 48 Хрватска

120

39 Бугарија 30 Србија

Трговија

извор: Justitia Intrum *извор: Централен регистар на Македонија

давачки, забавено вработување, ризици од затворање на бизнисите. Со цел надминување на евидентираните слабости и проблеми, се предлага да се изработи анализа за актуелната регулатива за финансиско работење и друга поврзана регулатива (со наоди, препораки и предлогмерки за надминување на состојбата), а особено да се разгледаат прашањата што се однесуваат на динамиката на примена на правилата на Законот за финансиска дисциплина во јавниот сектор и да се разгледа можноста за скратување на роковите за плаќање на обврските од јавниот кон приватниот сектор или да се ревидира временската рамка така што ќе се поместат роковите од кога ќе почнат да важат соодветните рокови“, пишува во соопштението од Стопанската комора на Македонија. Освен тоа, од Стопанската комора предлагаат да се разгледаат можностите за повторно воведување на инструментите како што се акцептен налог или други инструменти, да се промовира почеста употреба на постојните инструменти за обезбедување или за плаќање како што се

меница и чек, да се разгледа воведување на концепт на институција слична на Кредитното биро која ќе има посредничка улога во пријава и наплата на побарувања на деловните субјекти. Најголем дел од земјите во Европа проблемот со слабата наплата го решија со примена на Европската директива за рокови и обврски во плаќањата (2011/7/ ЕУ). Тоа е средство на Европската унија за борба против доцнењето во плаќањето на комерцијалните трансакции, која европските земји беа задолжени да ја воведат во националните законодавства најдоцна до март 2013 година. Главната цел е да се заштитат малите и средните фирми кои не можат сами да се изборат за правото на навремена наплата, заради што се доведени во опасност да банкротираат. Доцнењето им создава големи трошоци и проблеми во ликвидноста, а секој спор за задоцнета наплата може да им го наруши односот со клиентот. Европската директива предвидува дека јавните институции мораат да платат за стоките и услугите кои ги купиле или

користеле во рок од 30 дена или во исклучителни случаи најдоцна во рок од 60 дена. За компаниите е предвидено одредена договорна слобода. Плаќањата во комерцијалните трансакции да ги прават во рок од 60 дена, освен ако поинаку не се договорат и ако тој договор е праведен кон доверителот. Компаниите имаат право веднаш да бараат камата заради заради задоцнето плаќање и право да бараат надомест за сите преостанати разумни трошоци. Законската каматна стапка за задоцнето плаќање е поголема барем 8% од референтната каматна стапка на Европската централна банка, а јавните институции не смеат да договараат камата за задоцнето плаќање пониска од оваа камата. Значи, мерките од Директивата не се задолжителни за компаниите кај кои е дозволено во некои случаи да договорат и подолги рокови за плаќање, но мерките од Директивата се задолжителни за државата која на тој начин треба да постави пример за приватниот сектор како треба да се почитуваат договорите. nnn

Богов: Економскиот раст тешко ќе се оствари



!"# " $%& #' ( ( ) ! $! ( * + " , - #


специјален прилог

Корпоративна општествена одговорност

19 јуни 2015


Капитал број 814 05.06.2015

20

интервју

www.kapital.mk


www.kapital.mk

Капитал број 814 05.06.2015

interview

21

Бранко Азески

претседател на Стопанска комора на Македонија

Бизнисот не смее да запре и да чека кризата да помине.

Сега е време за храбри мерки! Во време кога Македонија се соочува со можеби една од најголемите кризи после безбедносниот конфликт во Македонија, Стопанската комора на Македонија одлучи да излезе со сет на мерки со кои ќе се зголеми конкурентноста на компаниите. Со Бранко Азески, претседател на Комората разговаравме за суштината на овие мерки и за тоа колку тие навистина може да помогнат бизнисот неповрден и посилен да излезе и од оваа којзнае која по ред политичка криза. Станува збор за мерки кои треба да им ги намалат трошоците на работење на фирмите, да го напаравт извозот поконкуреетн, да ги зголемат економските слободи и да обезедат еднаков натпревар за сите фирми на пазарот. Пораката на Азески до бизнисмените е дека не смеат да си дозволат да сопрат со работата и само да чекаат кога и како ќе заврши кризата, а пораката до политичарите е да се огледаат на другите земји како се води политика без да се предизвикува целосен застој во државата.


www.kapital.mk

Капитал број 814 05.06.2015

22

интервју

разговарала

Биљана Здравковска Стојчевска

В biljana.zdravkovska@kapital.mk фотографија

Дејан Азески

dejan.azeski@kapital.mk

XX Во моментот македонските компании се соочува со многу неизвесности поврзани со политичката криза во која се наоѓа земјата. Токму во ваков амбиент Стопанската комора излегува со сет на мерки за кои сметате дека ќе го подобрат работењето на компаниите. За какви мерки станува збор и каков ефект очекувате тие да имаат ? Со цел подобрување на деловното опкружување во земјата, Стопанската комора на Македонија направи анализа која има за цел да ги презентира клучните области на делување во текот на оваа 2015 гдиследните пет години 2015 година, идентификувани преку истражување во бизнис-заедницата, а во насока на подобрување на бизнис-климата, раст на реалниот сектор и индустријата, унапредување на конкурентската позиција на странските пазари, отворањето на нови работни места... Подобрување на правната регулатива, владеење на правото на сопственост, поголем пристап до финансирање на компаниите и подобрување на ликвидноста, лојалната конкуренција и претприемничкиот потенцијал, унапредување на образовниот процес и продуктивноста на работната сила се основните приоритети на делување, кога во услови на глобализиран пазар и интензивен конкурентски притисок компаниите треба да работат на развој на својата конкурентска моќ, а државите да го подобрат националниот бизнис-амбиент и да создадат услови во кои компаниите ќе можат да го развијат својот бизниспотенцијал. Ова е единствениот модел кој води до создавање на висок степен на економска слобода, за да може мала земја како што е Македонија да оствари динамичен економски раст. Главната цел на овој сет на мерки кој го предлагаме е зголемување на

XX За следната година имаме најавено уште едни избори. Очекувате ли во следните избори да има застој во бизнис активностите? Не очекувам ништо. Тоа е научена лекција за нас и единствено што инсистираме е да се донесат законски решенија со кои изборните активности ќе се сведат максимум на еден месец пред избори. Значи зборувам за предизборните, изборните и постизборните активности. Се треба да се заврши во месец дена и тогаш политичките елити можат да си држат избори на секој шест месеци и ние нема да имаме никаков проблем. Нека го сведат тоа како во што е во други попрактични земји каде што денеска завршуваат изборите, утре се формира владата и се работи. Нас цело време политичарите не учат да одиме надвор и да видиме како западните фирми работат. Епа и тие нека излезат надвор, и нека видат како тоа се прави во други земји. Нека направат некое решение што сето ова ќе го ограничат на максимум еден месец и после тоа од нас имаат амин да си држат избори на секој шест месеци.

конкурентноста на компаниите преку намалување на трошоците на работење. Само на тој начин ќе можат да се отворат нови пазари и да се биде конкурентен на тие пазари. Нашите анализи покажуваат дека тука има крупни прашања кои треба да бидат отворени, кои заради транзицијата и проблемите со кои се соочувавме во изминатиот период никогаш не биле отворени и биле ставани под тепих. Ставот на Стопанската комора е дека за овие прашање сега треба да излеземе посмело. На пример, прашањето на курсот на денарот досега сме го третирале како прашање кое треба да се разгледува како прашање за кое треба да одлучуваат монетарната власт, но никогаш не сме го отвориле како бизнис заедница за да

се чујат сите аргументи на бизнисмените околу реалноста на курсот. XX Какви се ставовите на компаниите членки на Стопанската комора за тоа дали курсот на денарот е реален или е преценет и дали е тој една од кочниците за поголема конкурентноста на македонските компании, посебно на извозниците? Ние не сме априори за промена на режимот на девизен курс на денарот. Дури анкетите помеѓу нашите компании членки покажуваат дека во овој момент нема расположение за промени во овој домен. Меѓутоа, има и компании, посебно извозно ориентирани компании, кои имаат

азески: странските компании не треба да д


www.kapital.mk

Капитал број 814 05.06.2015

23

Бизнис заедницата ќе побара да се отвориме дебата дали и колку евентуалната промена на режимот на девизниот курс ќе биде во функција на поголем економски развој и на зголемување на извозот.

Македонската банка за поддршка на развојот (МБПР) треба или целосно да се реорганизира и да функционира како вистинска државна банка за поддршка на развојот или целосно да се укине.

Неданочните давачки се голем терет за фирмите. Во овој дел владее целосен хаос и кој сака воведува давачки на ниво на државни органи, јавни претпријатија, локалните институции...

такви барања. Значи, нивните барања се отворено да се разговара и дебатира за тоа дали и колку евентуалната промена на режимот на девизниот курс ќе биде во функција на поголем развој, на зголемување на извозот, какви негативни последици би можело тоа да предизвика... Затоа ние сега се осмелуваме да предложиме темелна и стручна расправа со надлежните власти, но во која ќе биде вклучена и бизнис заедницата со своите предлози и ставови. Мора да дискутираме и да ги изнајдеме сите алтернативи за следниот период. Вториот сегмент прашања кои сметаме дека се важни да се разговара за нив е начинот на кој функционираат регулаторните тела кои го регулираат водењето на бизнис во многу сектори. Никогаш досега никој не анализирал како и колку регулаторните тела ги остваруваат своите функции. Нивното работење има значаен импакт врз бизнисот и врз неговата конкурентност. Тука се поставуваат две прашања. Првото е дали се тие вистински независни и обезбедуваат рамноправност на субјектите на пазарот. Бидејќи мора да имаме во предвид дека овие тела регулираат значителни ресурси на македонската економија и оттука имаат големо влијание врз работењето на бизнисот. Второто прашање е ако тие имаат така голем импакт врз бизнисот, тогаш зошто во нив нема претставници од бизнис заедницата? Сметаме дека учеството на бизнисот во овие регулаторни тела ќе придонесе да се зголеми нивната независност, да се зголемат економските слободи со што ќе се овозможат еднакви услови за сите кои работат на одредени

пазари кои се регулирани од страна на овие тела. XX Предлагате и конкретни мерки за реорганизација на Македонската банка за поддршка на развојот (МБПР), која сега е многу далеку од функцијата заради која постои. Што треба МБПР да работи и што треба да се промени за да личи на вистинска државна развојна банка по примерот на истите такви банки во регионот? Нашата идеја е дека во услови кога водиме политика на субвенционирање на странските инвеститори, што е единствен начин за тие да дојдат и инвестираат во земјата, мора да најдеме нешто со што ќе ги мотивираме и домашните компании. Македонската банка за поддршка на развојот (МБПР) е алатката преку која може најдобро да се направи тоа. Меѓутоа, сега имаме ситуација во која МБПР е целосно ставена надвор од функција на развојот на економијата, почнувајќи од начинот на кој е поставена, нејзината структура и капитализираност. Десетина години наназад бараме оваа ситуација да се промени и да стане вистинска развојна банка. Имаше и порано идеи оваа развојна банка да функционира по принцип на јавно приватно партнерство, односно приватниот сектор да земе учество и во докапитализација на банката и да се вклучи во управувањето и одлучувањето. Со тоа би се влијаело да се зголемат мерките и инструментите преку кои може да се поддржи развојот на бизнисот. Државата треба преку оваа банка да ги реализира целите и приоритетите на

економскиот развој на земјата. Оваа улога до денес не се реализира. Затоа, ние сега излегуваме со еден подрастичен предлог. Или оваа државна развојна банка целосно да се реорганизира и да функционира како вистинска државна банка за поддршка на развојот или целосно нека се укине. Бидејќи, денес имаме ситуација во која државата се правда дека има таква институција, преку која го поддржува развојот на економијата, а таа во суштина не функционира. Не постои ниту една земја од источниот блок која не ја развиваше економијата преку искористување на домашната акумулација и тоа директно спроведено преку државните банки за поддршка на развојот. XX Како бизнис заедница реагира на преголемите неданочни и парафискални давачки кои го оптеретуваат бизнисот. Имате ли некои истражувања колку тие реално ги чинат приватните фирми и какви се давачки плаќаат фирмите освен даноците ? Нашата иницијатива е со законско решение да се направи регистар на овие давачки кои ги плаќаат компаниите. Бидејќи во Македонија не постои никаков регистар во кој ќе се пропише кој и каква давачка може да припишува. Па така имаме ситуација во која секој има слобода да пропишува и наметнува нова давачка која фирмите ќе мора да ја плаќаат, било да е тоа на ниво на управни и надзорни органи во јавните претпријатија, на ниво на регулаторни тела, на ниво на локални заедници, невладини организации...Во овој дел постои тотален хаос и секој си зема за право да наметнува

добиваат субвенции за веќе обучени кадри


www.kapital.mk

Капитал број 814 05.06.2015

24

интервју

давачки кои се надвор од трезорскиот систем на државата. Анкетите кои ги правиме помеѓу нашите членки покажуваат дека овие давачки секоја година се се поголеми и тоа создава големо оптеретување на фирмите, кои веќе не можат да се справат со наметите кои ги имаат од државните органи, од јавните претпријатија, од локалните институции... XX Предлагате воведување на поддршка за големите компании. На каква поддршка мислите и како таа замислувате да се реализира ? Поддршката на големите компании за која зборуваме е во функција на излегување на тие компании надвор од границите на Македонија. Значи се работи за големи трговски ланци кои можат да ги повлечат нашите производи надвор. Се работи за сложени заеднички проекти кои можат да се реализираат заеднички со земјите од регионот. Станува збор овие иницијативи да бидат државно помогнати како би имале поголем успех. Мора да изградиме такви механизми преку кои македонските производи полесно би се пласирале надвор од границите на Македонија. Сметаме дека токму големите компании треба да бидат носители на развојот и на малите фирми и на целата економија, а тие досега беа некако сатанизирани со конкретните политики како да се некое зло за економијата. XX Кои се вашите последни информации за состојбата со неликвидноста на компаниите? Во овој пакет мерки предлагате и конкретни мерки како овој проблем може да се олесни како на пример да се скратат роковите во кои државата ќе се ги плаќа своите обврски кон приватниот сектор? Мојот став е дека ние како економија отсекогаш сме имале проблем со неликвидноста. Тоа е проблем со кој компаниите живеат во изминативе 20 години. Сега се обидуваме да направиме нешто со што овој проблем ќе го намалиме, бидејќи тој не може целосно да се надмине преку ноќ. Прво, се работи за односи помеѓу самите компании кои тие самите ги диктираат. Голем напредок е направен со Законот за финансиска дисциплина. Меѓутоа, и покрај тој напредок, прашањето на неликвидноста е многу комплексно и тоа мора да се решава заедно помеѓу државата, фирмите, јавните претпријатија... Една од иницијативите која ја предлагаме , а која сметаме дека делумно може да го олесни овој проблем е промена на членот 121 од Законот за извршување. Овој член создава конкретен проблем на фирмите бидејќи го оневозможува извршувањето во должничко-доверителските односи помеѓу компаниите и јавните претпријатија и локалната самоуправа. Со овој член од

Законот претседателите на основните судови имаат дискреционо право да го утврдуваат нужниот лимит на финансиски средства за функционирање на тие институции. Па така тие секогаш ги утврдуваат највисоките лимити и практично ги оневозможуваат фирмите преку извршување да си ги наплатат побарувањата кои ги имаат кон овие институции. Овие дискрециони права им создаваат посебно големи проблеми на градежните компании кои не можат да си ги наплатат услугите кои ги извршиле за сметка за јавните претпријатија и локалните институции. Предлагаме ова дискреционо право целосно да се укине или да се одреди колкав процент точно може да биде одреден за нужен лимит, а од останатиот дел на средства да се исплаќаат обврските. Тоа е во интерес и на јавните претпријатија, бидејќи ако ова продолжи вака ќе дојдеме до ситуација во која ниту една компанија нема да има интерес да работи со нив и тоа ќе им создаде голем проблем во работењето. Понатаму, имаме информации за проблеми со преголеми рокови на плаќање кај големите трговски ланци, па фирмите, кои се на некој начин принудени да ги пласираат своите производи преку нив, се ставени во незавидна ситуација. Мислам дека проблемот со неликвидноста во македонската економија ќе се чувствува уште многу долг период. XX Една од мерките која ја предлагате е и ограничување на преземањето на кадри од домашните компании од страна на странските инвеститори? Како планирате тоа да се реализира во пракса, а да не ги наруши економските слободи за кои велите дека треба да се зголемат? Имаме сериозни реакции од домашните компании дека со влезот на странските инвестиции во слободните економски зони има процес на преземање на готови и обучени кадри. И тоа нормално им создава големи проблеми во работењето и им ја намалува конкурентноста. Конкретната наша иницијатива е државната помош за вработување која ја примаат странските инвеститори да биде ограничена само на лица кои тие ќе ги вработат од Заводот за вработување. Тогаш таа субвенција има логика бидејќи се претпоставува дека странскиот инвеститор ќе треба допрва да вложува во тој кадар за да го обучува. Но, нема никаква логика да се субвенционира вработување на готов кадар кој се презема од друга компанија. Со ваквата измена ќе се елиминира оваа појава која сега се случува, странските компании да се субвенционираат за готови и веќе обучени кадри кои ги преземаат од други компании. Со тоа компаниите се ставени во нерамноправна положба и им се намалува нивната конкурентност. Условите мора да бидат еднакви за сите. Нас не ни е

проблем присуството и субвенционирањето на странските компании, но мора да се води сметка тоа да не се прави на штета на домашната економија. XX Предлагате и измени во методологијата за пресметка на плаќањето на придонеси за пензиско, инвалидско и здравствено осигурување. За какви точно измени се залага бизнис заедницата и како тие би ја зголемиле конкурентноста на компаниите? Во услови на постојано зголемување на зафаќањата, односно на трошоците на компаниите по основа на пензиско и здравствено осигурување сметаме дека е важно да го отвориме прашањето за тоа каков е повратот на тие средства во стопанството. Стопанската комора е претставник на фирмите, а фирмите имаат свои вработени и менаџери. Ќе споменам само еден пример. Пред неколку месеци се воведе ново поголемо зафаќање во стопанството по основ на придонеси за пензиско и здравствено осигурување. Од друга страна имаме максимален износ на пензии. Значи сега има ситуација во која има огромни одвојувања на средства од страна на менаџерите и вработените во приватните фирми кон фондовите за пензиско и здравствено осигурување, кои и понатаму добиваат исти услуги. Ако сакаме да градиме солидарен систем тогаш тој треба да биде солидарен за сите. Нашата иницијатива е да предложиме одреден процент од тие средства кои се издвојуваат на пример 30% до 50% да оди во солидарните фондови, но за останатиот дел да се воведе некоја нова методологија преку која тој би се врати кај лицата кои најмногу издвојувале во тие фондови, во облик на повисоки пензии или во облик на дополнителни здравствени пакети. XX Колку сте уверени дека ќе најдете слух за мерките кај власта кога досегашното искуство покажува дека многу ретко бевте консултирани за клучните економски мерки? Јас не сум убеден дека ретко сме биле консултирани. Дали и колку сме биле ние конструктивни да помогнеме излегувајќи од тесните наши интереси, тоа е веќе друго прашање. Можам да кажам дека ние како бизнис заедница сме биле консултирани за најголем дел од крупните прашања, за кои нормално браниме свои позиции. Тие позиции секојпат не се во интерес со позициите на државата и на определени социјални структури со кои ние сме спротивставени на некој начин. Интересот на бизнисот е да создава што поголем профит. Затоа тоа е еден процес на усогласување и не треба така да се пресече со една реченица. Некогаш ние сме процениле дека и мерките за кои навистина не не консултирале се во

азески: со закон изборните активности да


www.kapital.mk

Капитал број 814 05.06.2015

25 Кризата не треба да биде оправдание за неуспехот XX Македонија во моментов се наоѓа во една од можеби најголемите кризи после безбедносната криза од 2001 година. Како бизнисот гледа на оваа политичка неизвесност во која е влезена земјата на политички план? Можам да кажам дека засега бизнисот на политичката криза гледа многу ладно. Тој сепак се плаши од последиците кои може да ги предизвика кризата затоа што не може да ги предвиди, но сепак си ја работи работата независно од се останато. Кризи отсекогаш имало. Историски кажано и капитализмот обременет со кризи и нема бизнисмен што не ја калкулира кризата во своите проекции. Искуството покажува дека кризите секогаш доведувале до повисок степен на развој. Што е кризата во суштина? Кризата е резултат на нешто што не функционира. Значи тоа е момент за расчистување со она што не функционирало, за да се излезе со еден повисок степен на развој. Кризите се нужни и со нив треба да се соочиш, треба да ги анализираш причините да ги видиш последиците, да ги направиш излезните решенија и да работиш дупло повеќе од тоа што си работел. Јас можеби не знам како постапуваат политичарите, но знам како постапува една нормални фирма. Таа прво ќе го преструктуира своето дејствување, нема да произведува сокови, ќе произведува вино затоа што во тој момент виното е поконкурентно. Потоа се знае дека за тоа се потребни поинакви бизнис планови, поинакви кадри и слично. И мислам дека сето тоа е составен дел од работењето. Во Македонија генерално секој сака да се занимава со кризата и во нејзе да најде оправдание за својот неуспех, како на професионален, така и на приватен план. И ако гледаме така на работите, навистина ќе ни следува колапс. Нормално дека на крај секоја криза треба да се надмине. Но, во никој случај додека таа трае ние не треба да затвориме, ништо да не работиме и да чекаме да се надмине кризата.

наш интерес и се во функција на профитот и барем јавно сме ги премолчеле. Ние кога излеговме во 2010 година со моделот за нов економски развој тоа изгледаше неостварливо тогаш. Но, факт е дека денес ние сепак остваруваме некој раст кој е повисок од тогашниот, започнавме со некаква реиндустријализација што ја баравме и влеговме во изградба на некакви големи инфраструктурни објекти со изградбата на автопатиштата

и со ревитализацијата на железниците. Точно е дека не направивме ништо со гасификацијата, но веројатно и тоа во иднина ќе се интензивира. Тоа сепак не се прашања кои што можеш денеска да ги истакнеш и утре да ги реализираш. Тие се нешто за кое што мораш да се бориш и да бидеш упорен. Бизнис заедницата ги има како алатки упорноста и лобирањето. Но, бизнис заедницата нема право на штрајк и не може да ги крши фабриките

за да докажеме нешто. Бизнисот мора да биде упорен. Затоа ние во наредните пет години ќе настојуваме да ги исфорсираме овие мерки. Да ги исфорсираме спрема приоритетите за кои мислиме дека во тој момент ќе постигнат најголем економски ефект. Ние сега ги имаме овие таргети поставени, а методолошки ќе ги туркаме со упорност, аналитичност, со истражување, со вклучување на лобисти и утврдување на правилни приоритети. nnn

а се сведат на еден месец пред избори


www.kapital.mk

Капитал број 814 05.06.2015

26

Компании и пазари

С

ериозна пречка во просперирањето на кондиторската индустрија во целост е големата увозна зависност со која што се соочуваме секојдневно. Дополнително, активностите околу нашата извозна ориентираност е оставена на нас самите, во поглед на ресурси и логистика. Eден од примерите кои што би можеле да се применат и кај нас ,а веќе години се практикува во Турција е субвенционирање на промоцијата на странски пазари. Може да се помогне дури и за создавање на нов производ за домашен пазар преку субвенционирање на поголем процент на користење на македонски суровини.

Сашо Наумоски Витаминка

Е

ден од најмакотрпните периоди е периодот на лансирање на нови производи кога неопходно е усогласување на барањата на клиентите со технологијата со која располагаат производителите во Македонија. Дополнително, при лансирање на нови продукти, најчесто клиентите не се охрабруваат да направат големи чекори. Ова нам ни предизвикува потешкотии бидејќи секој што се занимава со Александра производство знае дека стандардниот Димитриевска квалитет на еден продукт е тесно ВИА Пром поврзан со количината на производство.

l Полесен пристап

до пари за модернизација на производството

l Скратување

на времето за контрола на суровините

l Субвенционирање во нови вработувања

l Ниска цена

за откуп на земјиштето и за комуналии

l Субвенционирање на новите инвестиции на домашните фирми

Што им треба на кондиторите за да го зголемат производството и извозот?

5

мерки кои ќе го зголемат извозот на домашните кондитори

Предвидувања: перспективите на оваа индустр


www.kapital.mk

Капитал број 814 05.06.2015

27

Д

ржавата би можела да помогне и уште во неколку сегменти како што се поедноставно аплицирање и добивање средства преку ИПАРД програмата, поголемо финансиско учество на државата во ИПАРД програмата до 70%, субвенционирањена фирмите кои произведуваат целосно домашни производи, од суровина до краен производ и создавање на посебна стратегија за помош на фирми кои забрзано се развиваат, преку субвенционирање во Адријана вработуваат, инвестиции, во воведување на ИСО Постолова новите стандарди, во посета на саеми и слично. Агрофила

Се уште не може да се достигне нивото од пред три децени

С

татистиката покажува дека расположивите кондиторски капацитети изградени во периодот пред распадот на Југославија изнесувале 33.000 тони и биле проектирани и изградени за високо заштитен пазар од 24 милиони потрошувачи. Со производство од над 24.000-28.000 тони годишно во 1991 година, расположивите капацитети биле користени просечно годишно по околу 70%. Во периодот по распадот на Југославија, производството се намали на 14.000 до 16.000 тони или околу 50% помалку во однос на 1991 година.

Кондиторската индустрија е една од ретките индустрии во Македонија која во изминативе неколку години бележи огромен раст и развој. Домашните кондитори постојано отвараат нови извози пазари, вадат нови иновативнио производи, инвестираат, вработуваат.... А податоците покажуваат дека тие во моментот ги користат само 60% од своите капацитети, што упатува дека се уште има огромен простор за зголемување на производството. Капитал направи анализа за да ги слушне мислењата и предлозите на домашните кондитори како да се зголеми производтсвото и извозот

З пишува :

Дејан Азески

dejan.azeski@kapital.mk

Зголемувањето на експертизата на малите компании во делот на технолошките процеси, обезбедување поддршка при учество на саеми од светски размери, поедноставно аплицирање и добивање средства преку ИПАРД програмата, поголемо финансиско учество на државата во ИПАРД програмата до 70%, субвенционирање фирми кои произведуваат целосно домашни производи, од суровина до краен производ, создавање посебна стратегија за помош на фирми кои забрзано се развиваат и вработуваат, субвенционирање на новите инвестиции..... Ова е само дел од долгата листа на забелешки, предлози и идеи кои ни ги дадоа кондиторите за нашата анализа за тоа како да се подобрат состојбите во оваа индустрија која е една од најперспективните и најбрзорастечките во Македонија.

Голем извозен потенцијал

К

ондиторската индустрија покрај тоа што запослува значаен број на работна сила користи транспортни услуги, има значаен удел во трговијата со прехранбени производи, и е голем потрошувач на амбалажа од домашните производители, влијае позитивно на надворешно-трговскиот биланс на државата. Вредноста на извозот на готови кондиторски производи е скоро 10% од вредноста на вкупниот извоз на прехранбените производи. Во кондиторската индустрија работат над 50 фирми, од кои 85% се микро и мали. Кондиторската индустрија располага со можен капацитет за производство од околу 45.000 тони годишно. Заедно со отворениот странски пазар од над 500 милиони жители преку договорите за слободна трговија, укажува на голем извозен потенцијал. Всушност во тоа е и тајната на успехот на оваа индустрија, која е претежно насочена кон извоз.

Статистиката покажува дека вкупното производство на кондиторски производи во 2013 во однос на 2010 година е поголемо за 12%, а одделно по производи најголем пораст е забележан кај кондиторските производи кои содржат какао за 6,5 пати, слатките бисквити за 119%, кај вафлите 126%, итн. Споредено со 1998 година, кога започна засилената либерализација на пазарот, производството во 2013 година е поголемо за 73%. Од извозoт на кондиторски производи во 2013 година донесе Македонија имала девизен прилив од 34,1 милиони долари, што е 19% зголемување во однос на 2012 година. Во однос пак на 2000 година, извозниот прилив на оваа индустрија е зголемен за 2,8 пати. Во истовреме увозот кој го направиле кондиторите година во 2013 година изнесувал 10,7 милиони долари, што е намалување од 14% во

однос на 2012 година, факт што укажува дека освен зголемен извоз, домашните кондитори истовремено успеале да ги истиснат странските производители и од домашниот пазар.

Кои се пречките со кои се соочуваат кондиторите?

Покрај бројните предлози и барања кондиторите наведуваат и листа на конкретни пречки со кои се соочуваат. Меѓу нив може да се набројат тешката наплата, проблеми со обезбедувањето средства за модернизација на производството, особено кај малите и микро претпријатијата, долготрајните чекања при контролата на суровините (кои траат и по 40 дена), различното дозволено ниво на микротоксините во Македонија и останатите земји. Сопственикот на Макпрогрес Глигор

рија се многу поголеми од сегашните состојби


www.kapital.mk

Капитал број 814 05.06.2015

28

Компании и пазари

Цветанов вели дека во Македонија во најголем дел српските, хрватските, па и другите кондиторски фабрики имаат отворена врата на македонскиот пазар, без какви било дискриминации во однос на домашните фабрики. „Доколку ги погледнете полиците во супермаркетите, ќе заклучите дека можеби кондиторските производи од регионов имаат и своевиден приоритет во изложувањето на нивните производи. Исто така, на пазарот во Македонија многупати ќе сретнеме кондиторски производи од соседните земји Бугарија, Грција, Албанија, Косово или Турција со сомнителен квалитет кои ги немаат ни основните елементи на декларацијата, немаат текст на македонски јазик и податоци за увозникот. Сепак во Македонија потрошувачите традиционално ги сакаат и им веруваат на домашните производи како безбедни и квалитетни производи. Увозните производи главно конкурираат со поголеми буџети за промоција, додека регионалните со нивната пониска цена“, вели Цветанов. Александра Димитриевска од ВИА Пром од Охрид вели дека еден од најмакотрпните периоди е периодот на лансирање на нови

производи кога неопходно е усогласување на барањата на клиентите со технологијата со која располагаат производителите во Македонија. „При лансирање на нови продукти, најчесто клиентите не се охрабруваат да направат големи чекори. Ова нам ни предизвикува потешкотии бидејќи секој што се занимава со производство знае дека стандардниот квалитет на еден продукт е тесно поврзан со количината на производство. За една мала фирма како нас, ова повлекува потреба за беспрекорна координација на сите активности кои се потребни да се лансира нов продукт без при тоа да се врши притисок врз клиентите“. Адријана Постолова од штипската компанија Агрофила додава дека покрај субвенционирање во нови вработувања, ниска цена за откуп на земјиштето и комуналии државата би можела да помогне и уште во неколку сегменти како што се поедноставно аплицирање и добивање средства преку ИПАРД програмата, поголемо финансиско учество на државата во ИПАРД програмата до 70%, субвенционирање на фирмите

кои произведуваат целосно домашни производи, од суровина до краен производ и создавање на посебна стратегија за помош на фирми кои забрзано се развиваат, вработуваат, преку субвенционирање во новите инвестиции, во воведување на ИСО стандарди, во посета на саеми и слично“. Според Васко Ристовски од Стопанската комора на Македонија поради долгите чекања на резултатите од анализираните пратки, компаниите се принудени да увезуваат повеќе репроматеријали што финансиски ги оптоварува, но им ги полни и магацините. „Евидентен е и проблемот со различните лимити за микотоксините. Во ЕУ, дозволената концентрација на охратоксинот А (зависно од производот) е до 3 микрограми, а кај нас до 5. Забуна настанува и со дел од означувањата, ако во документот стои „цртичка“, не се знае дали не треба да се испитува или не смее да содржи какви било микроорганизми. Поради тоа веќе подолго времеапелираме на потребата од скратување на времетраењето на постапките за земање мостри и правење анализи“, вели Ристовски nnn



www.kapital.mk

Капитал број 814 05.06.2015

30

Компании и пазари

С Антони Пешев

Стопанска комора на Македонија

метам дека Грција во моментов не е во толку лоша состојбата за тоа драстично да се почувствува и на работењето со Македонија. Лично очекувам дека најголемата опасност доаѓа од евентуалното паѓање на животниот стандард на Грците и нивното трошење или евентуално инвестирање во Македонија. Инаку на трговијата на големо не очекувам преголем одраз, бидејќи сепак тоа е држава која има одредени потреби и кои и во криза и во нормално услови треба да се задоволуваат.

Ш

то се однесува до работењето со Грција одговорно тврдам дека работата не само што опаѓа, туку и расте. Годиниве наназад имаме постојано зголемување на обемот на соработката со Грција. Веројатно ние не сме најадекватен сектор за споредување, бидејќи грчката држава излезот од кризата го бара преку инвестиции во инфраструктурата, од што ние имаме најголем бенефит, но мислам Васко не е многу поразлично и во Сепетовски дека останатите сектори. Конти Хидропласт

Грчката криза почнува да се одразува и на Македонија

Паѓаат трговијата, извозот и инвестициите од Грција

Кризата која неколку години ја тресе грчката економија почнува да се чувствува и на македонската економија. Но, македонските бизнисмени велат дека состојбата на теренот не е така страшна како што изгледа, а на краток и среден рок очекуваат подобрување на состојбите. Сепак актуелната економско политичка состојба во која се наоѓа Грција не го поткрепува нивниот оптимизам.

Факт: моментални или одложени ефек


www.kapital.mk

Капитал број 814 05.06.2015

31

П Трајче Трајков Хемија Комерц

осле толку години интензивна соработка веќе се зближивме со нашите партнери и при бројните формални и неформални дружења често знам да слушнам за тешкотиите со кои се соочуваат грчките компании. Слушам за потешкотии со плаќање, потешкотии со даноци и општо потешкотии при целиот процес на работа. Но, тоа засега дефинитивно не е толку драматично за да се прекине процесот на работа.

и пишува

Дејан Азески

dejan.azeski@kapital.mk

Извозот кон Грција за првиот квартал е опаднат за цели 15%, додека вкупната трговска размена меѓу двете земји за истиот период е падната за 27% и сега изнесува 139 милиони евра во однос на 195 милиони евра од истиот период минатата година. Почетокот на ваквиот тренд може да се забележи и во претходните две години каде се забележува дека обемот на трговската соработка од 913 милиони евра во 2012 година е опаднат на 822 милиони евра во 2014 година. Пад има и кај странските директни инвестиции од Грција, земјата која некогаш беше број еден инвеститор во земјава, а во текот на последнава година се наоѓа на 14 место.

Бизнисмените на терен без големи загуби

За да го истражи ефектот од грчката криза Капитал контактираше повеќе компании кои директно работат со Грција. Една од нив е гевгелиската компанија Конти Хидропласт која повеќе години е застапена на пазарите кај нашиот јужен сосед. „Што се однесува до самото наше работење со Грција одговорно тврдам и стојам зад тоа дека работата не само што опаѓа туку и расте. Годиниве наназад имаме постојано зголемување на обемот на соработката со Грција. Веројатно ние не сме најадекватен

Грчката влада оди по жица

14

место се грчките директни инвестиции во Македонија за 2014 година

бројки

15%

е паднат извозот кон Грција во првиот квартал од оваа година

10%

изнесува падот на вкупната трговска соработка со Грција во последните две години сектор за споредување бидејќи грчката држава излезот од кризата го бара преку инвестиции во инфраструктурата- од што ние имаме најголем бенефит, но мислам дека не е многу поразлично и во останатите сектори“, вели Васко Сепетовски од гевгелиската фабрика за цевки Конти Хидропласт. Долгогодишен извозник на грчкиот пазар е и велешка Хемија Комерц чии керамички производи се добро позастапени на грчките пазари. И според сопственикот Трајче Трајков соработката со Грција засега се одвива непречено, а подобрување се забележува во стабилизираното движење на стока и луѓе или конкретно во разредените блокади на границата кои пред неколку години беа преминати и во пракса. Трајков вели дека грчката криза единствено ја чувствува од разговорите и искуствата кои ги разменуваат со неговите колеги од јужната страна на границата. „После толку години интензивна соработка веќе се зближивме со нашите партнери и при бројните формални и неформални дружења често знам да слушнам за тешкотиите со кои се соочуваат грчките компании. Слушам за потешкотии со плаќање, потешкотии со даноци и општо потешкотии при целиот процес на работа. Но, тоа засега дефинитивно не е толку драматично за да се прекине процесот на работа“.

кти од кризата ќе има

А

ко се анализираат актуелните состојби и најновите вести кои доаѓаат од Грција слободно може да се каже дека земјата е најблиску до банкрот од кога и да е претходно. Тоа директно го потврди и германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле кој рече дека овој пат не може да се исклучи банкрот на Грција. Ова го потврди и грчкиот министер за внатрешни работи Никос Вуцис кој рече дека Грција нема доволно финансиски средства за да ги исплати ратите, кои е предвидено да ги исплати кон Меѓународниот монетарен фонд во јуни. Четирите рати за ММФ во јуни изнесуваат 1,6 милијарди евра. Тие пари Грција ги нема. Грчката влада е во интензивни преговори со меѓународните кредитори за дополнителна финансиска помош за грчката економија и спас на земјата од банкрот. Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд, бараат од Грција да спроведе низа реформи на внатрешен план, но и на време да ги исплаќа ратите за враќање на долгот. Грција е исклучена од пазарите на обврзници, и со моменталниот ќор-сокак во преговорите, останува неизвесно дали официјална Атина ќе биде во можност да ги исплати обврските кон меѓународните кредитори, но и платите и пензиите во јавниот сектор. Сериозна, а статистички неевидентирана ставка од економската соработка помеѓу двете земји е и дневната прекугранична соработка. Тука се поинтензивно во последниве години влегуваат касино и медицинскиот туризам, но и секојдневното пазарење на бензин и основни животни намирници од страна на грчките граѓани во пограничните македонски региони. На оваа тема разговаравме со сопственик на ресторан од Битола. „Во Македонија се уште е се поевтино, а Грците имаат се помалку пари за расфрлање. Така да тие што живеат блиску до границата и се во можност доаѓаат и ќе продолжат да доаѓаат кај нас. Тука не се само неделните ручеци кои ги плаќаат дупло поевтино, туку со едно доаѓање користат и да го наполнат резервоарот со поевтин бензин и багажникот со многу поевтини производи од нашите продавници. Знам дека некои


www.kapital.mk

Капитал број 814 05.06.2015

32 Увозот од Грција се помалку е покриен со извоз

Т

рговската размена со Грција во последните 24 години постојано расте. Но, исто така уште поочигледен е различниот тренд на раст на увозот и извозот нормално на штета на македонскиот извоз. Имено, од првичните 113 милиони долари извоз во 1990 година Македонија успеала да стигне до максимални 350 милиони долари во 2007 година за да во изминатата 2013 година да се намали на 275 милиони евра. Кај увозот за разлика од извозот растот е многу поголем и подинамичен. Имено, Македонија во Грција во 1990 година увезла едвај 97 милиони долари и имала суфицит од 15 милиони евра или околу 10%. Од тогаш наваму извозот на Грција пораснал на рекордни 804 милиони долари во 2012 година, односно на 697 милиони евра во 2013 година. Тоа значи дека за анализираниот период од 24 години грчкиот извоз пораснал за цели 7 пати или попрецизно 618%, а македонскиот извоз кон Грција за едвај 2,4 пари или 140%. Според луѓе директно инволвирани во трговската размена со Грција ваквата состојба во голем дел се должи на фактот што Македонија кон Грција во најголем дел извезува полупроизводи со многу мала додадена вредност. Според податоците од Царинската управа, Македонија во Грција најмногу извезува суров и непреработен тутун, производи од железо или нелегиран челик, блузи и кошули мермер и травертин и изненадувачки полжави. Иако од анализата на сите овие производи може да се заклучи дека само текстилот кој се извезува има каква таква додадена вредност од моите гости од Грција со години редовно ги одржуваат забите во Македонија, а кога имаат потреба ги користат и нашите очни лекари. Мислам дека ако не се случи некоја радикална промена оваа соработка нема да запре“.

Грците се помалку инвестираат во Македонија

Само 3,52 милиони евра инвестирале грчките компании во Македонија во целата 2014 година. Тоа е едвај 1% од вкупните директни странски инвестиции кои влегле во Македонија, што ја рангира Грција на 14 место според вкупниот број на инвестиции во земјава. Тоа е поразителна бројка на 15,8 милиони евра кои влегле од Грција во Македонија пред само пет години во 2010 година (14,78 милиони евра во 2011) и уште попоразителна во однос на стотиците милиони евра кои се инвестираа од грчки компании на крајот на 90 години од минатиот век. Нашите соговорници на оваа тема коментираат дека инвестирањето во

Маријана Перковска од Кластерот за текстил вели дека високите статистичките цифри од извозот на текстил кон Грција најмногу се темелат на грчките компании за текстил кои работат во Македонија, а не на изворно македонски извоз. „Во Македонија имаме неколку грчки компании кои увезуваат полупроизводи ги доработуваат и ги враќаат во Грција. Дел од нив остануваат за тамошниот пазар, а поголем дел се испраќаат во земјите од Европската унија. Другата страна односно домашните македонски компании не можат да постигнат некаков континуитет во соработката со грчките партнери. Проблемот веројатно потекнува и од самата економска криза во Грција, тоа ги погоди дел од големите грчки извозни компании кои претежно откупуваа македонски производи“. И кај т ут унот кој официјално е најизвезуван производ од Македонија кон Грција состојбата е иста. Киро Филиповски долгогодишен раководител на Институтот за тутун во Прилеп вели дека извозот на полупроизвод кон Грција не е ништо ново, туку дека тоа се прави со години и децении наназад. „Таму тутунската индустрија иако глобално земено не е преголема сепак има капацитет да го апсорбира македонското производство. Во Грција се веќе влезени и некои големи светски произведувачи на кои им е потребен овој тутун. Понатаму, во Македонија веќе има неколку грчки компании преку кои оди репроматеријалот или полупроизводот за грчките компании. Македонија е репер за тоа во каква кондиција се наоѓа грчкото стопанство, бидејќи Македонија традиционално е помеѓу најинтересните земји за грчко инвестирање. Според нив, ова значи дека грчкото стопанство во овој период се повеќе се затвора самото во себе.

Што може да се очекува?

Антони Пешев од Стопанската Комора на Македонија вели дека очекувањата на бизнис заедницата во Македонија од идната соработка со Грција се позитивни. „Сметам дека Грција во моментов не е во толку лоша состојба за тоа драстично да се почувствува и на работењето со Македонија. Лично очекувам дека најголема опасност доаѓа од евентуалното паѓање на животниот стандард на Грците и нивното трошење или евентуално инвестирање во Македонија. Инаку, на трговијата на големо не очекувам преголем одраз бидејќи сепак тоа е држава која има одредени потреби и кои и во криза и во нормално услови треба да се задоволуваат“. nnn



www.kapital.mk

Капитал број 814 05.06.2015

34

Самит 100

Балканската елита се состана во Порторож!

Регионалните компании заеднички да настапат на глобалните пазари Главните заклучоци на Самитот 100 во Порторож се однесуваат на поголема регионална соработка помеѓу земјите од Западен Балкан, реализација на заедничките проекти, подобрување на инфраструктурата и искористување на финансиските средства за развој на ЕУ

Н пишува:

Оливер Трајчески

Oliver.trajceski@kapital.mk

На четвртиот по ред „Самит 100“ кој оваа година се одржа во словенечкиот Порторож, повеќе од 150 водечки бизнисмени и политички лидери од Југоисточна Европа разговараа за унапредување на регионалната соработка, подобрување на конкурентноста на компаниите, зголемување на извозот,

заеднички настап на компаниите на трети пазари и реализација на заеднички проекти од областа на енергетиката, туризмот, транспортот, инфраструктурата, односно финансискиот и банкарскиот сектор. Учесниците беа групирани во повеќе економски сектори, а идејата за тоа како да се продлабочи меѓусебната соработка, беше претставена на пленарна седница на шефовите на државите од Југоисточна Европа, чиј домаќин беше словенечкиот претседател Борут Пахор. На првиот ден од Самитот во Порторож се разговараше како регионалните компании заеднички да ги освојуваат пазарите ширум светот, како стабилноста и мирот се важен сегмент за привлекување странски инвеститори, потребата од модернизација на железничкиот сообраќај и аеродромите, укинување на бирократските пречки и поголема соработка во енергетскиот сектор и инфраструктурното поврзување.

Освојување на пазарите по „Југословенски терк“

Словенија и Хрватска веќе се дел од Европската Унија, Србија има одлични

односи со Русија, додека Босна и Херцеговина има пристап на пазарите во исламските земји. Вака накратко Изток Селјак, претседател на Бордот на иницијативата „Самит 100“, ја оценува моменталната економска ориентација на дел од поранешните југословенски републики. Според него, сите држави од регионот треба да ја искористат синергијата и со своите производи заеднички да се претстават на пазарите ширум светот. „Регионот треба да се отвори кон странските пазари како еден силен партнер, а пред се мора заеднички да настапи на трети пазари, искористувајќи ја синергијата која постои“, изјави Селјак на самитот во Порторож. Тој посочи дека во овој момент, најдобар пример за тоа е градежниот конзорциум „Феникс“, кој заедно со голем број компании од регионот, гради објекти не само на Блискиот Исток, туку и во Русија и Азија. „Овојпат сакаме да ги придвижиме конкретните проекти во регионот, а тоа посебно се однесува на „Паметните градови на иднината“. За почеток, тоа ќе


www.kapital.mk

Капитал број 814 05.06.2015

35 европските институции, што би траело да заврши ова лето. Дамир Курштрек, член на надзорниот одбор на „Агркор“ изрази надеж дека некоја компанија од областа на енергетиката, транспортот, или пак дигиталната економија, ќе смогне сили да предложи добри проекти кои во таа смисла ќе можат да се финансираат. Исто така, претседателот на Управниот одбор на НЛБ Банка, Јанко Меџа, укажа дека постојат конкретни проекти како што е изградба на пруга од Копер до Унгарија, односно од Словенија до Србија, потенцирајќи дека Европската Унија и Европската инвестициона банка претпочитаат прекугранични проекти.

Поголем профит на компаниите, поголема корист за државите

l Виолета Булц

европски комесар за транспорт. "Регионот засега заостанува зад европските земји во поглед на инфраструктурното поврзување, а повеќе од потребно е модернизација на железничкиот сообраќај и аеродромите“

биде помеѓу Љубљана, Загреб и Белград, преку брзо железничко поврзување со Минхен и Салцбург“, рече Селјак.

Балканот да го искористи планот за развој на ЕУ

Една од најважните теми на вториот ден од Самитот во Порторож беше планот за економско закрепнување на Европската Унија на претседателот на ЕК, Жан-Клод Јункер. Според неговиот план, во следните три години се очекуваат инвестиции во висина од 315 милијарди евра, што би овозможило отворање на нови 1,3 милиони работни места ширум Унијата. Дали планот на Јункер може да се примени во Југоисточна Европа зборуваше претседателот на инвестиционата банка, Вернер Хојер, директорот на Европската банка за обнова и развој, Жан-Марк Петершмит, советникот на заменик-

генералниот директор за економски и финансиски прашања на ЕК, Алесандро Карано, претседателот на Атлас груп, Душко Кнежевиќ, како и извршниот директор на компанијата Јанез Шкрабец. Според Хојер, планот предвидува инвестициски проекти во рамките на ЕУ, но содржи и многу прекугранични проекти кои можат да се реализираат во Југоисточна Европа. Тој објасни дека буџетските средства за проектите треба да се користат како гаранција, а приватните инвеститори да дадат свој придонес. Фондот за инвестиции ќе биде пополнет со средства во висина од 21 милијарди евра, а планот на Јункер има цел да пополни две големи празнини, инвестициона и онаа во областа на иновациите. Хојер потенцира дека планот ќе биде усвоен кога ќе бидат реализирани сите процедури во

Регионалната соработка е многу важна за Југоисточна Европа, а поголемиот профит на бизнисмените од Западен Балкан можат да предизвикаат поголем бенефит на самите држави, пред се’ од плаќањето на даноци. Како што објасни српскиот министер за економија, Жељко Сертиќ, една од најважните карики за иден развој на целиот регион е економијата, како основа за различни видови на соработка. „Кога постојат повеќе економии и повеќе профит на бизнисмените, државата има корист од даноците, а потоа тие пари можат да се пласираат на решавање на други прашања кои се важни за вкупниот развој на земјата. За да имате добра економска соработка, мора да имате мир, политичка стабилност, која тогаш врз основа на тоа, може да развива и други односи“, рече Сертиќ. Според него, собирот во Порторож претставува можност да се потсети колку се важни состаноците на стопанствениците и бизнис асоцијациите. Тој во своето излагање во името на српскиот претседател Николиќ, укажа и на препреките кои постојат во рамките на ЦЕФТА. „Она што е важно се елементите кои треба да зајакнат стопанската соработка. Го имаме ЦЕФТА договорот, но во рамките на истиот, и понатаму има голем број препреки кои не ни овозможуваат добра и ефективна соработка“, изјави српскиот министер за економија.

Цената на роамингот според куповната моќ на граѓаните

Цените на роаминг услуги да се одредат според куповната моќ на граѓаните, но и според реалните трошоци, смета потпретседателот на германски „Дојче


www.kapital.mk

Капитал број 814 05.06.2015

36

Самит 100

Костиќ, МК Група:

“Регионот лежи на ресурси и тоа мора да се искористи!“

З

емјоделските ресурси во регионот не се користат на вистинскиот начин и време да се спроведат храбри реформи за приватизација на земјоделските посеви кои се во сопственост на државата, што би довело до поефикасно земјоделско производство, изјави во Порторож Миодраг Костиќ, сопственик на МК Груп. Тој рече дека земјите од регионот изобилуваат со земјоделски ресурси, меѓу кои пченица, пченка, соја, сончоглед и шеќерна репка. „Државите „лежат“ на ресурси кои не се користат на ефикасен начин. Изговорот е дека тоа е политички чувствителна тема, а речиси и да нема разлика во политичките изјави во сите земји од регионот. Сметаме дека оправдување не постои и мора да се направи исчекор напред со цел да се придвижат реформите“, рече Костиќ. Костиќ истакна дека треба да се приватизираат земјоделските посеви во сопственост на државата, што би довело до поефикасно производство на основните земјоделски продукти, а сето тоа ќе биде основа за развој на прехранбената индустрија.

Живко Мукатеов првиот човек на Алкалоид, по четврти пат на Самит 100

С

амит 100 е солидна платформа за структуирање на развојни програми кои регионот би го донеле чекор поблиску до исполнувањето на мисијата за градење на моќна бизнис заедница, која би била генератор на поголем економски раст“, изјави генералниот директор на „Алкалоид“, Живко Мукаетов, кој што по четври пат беше дел од собирот на најуспешни бизнисмени и политички лидери во Порторож. Муакетов заедно со потпретседателот на германски „Дојче Телеком“, Ивица Мудриниќ, го модерираше панелот „Паметни градови за одржлив развој: Претворање на регионалните метрополи во попаметни иновативни центри“, на кој градоначалниците на Љубљана, Сараево, Загреб и Подгорица ги споделија своите искуства, презентирајќи ги реализираните проекти и напорот за зголемување на одржливиот развој на метрополите. „Како член на управните одбори на неколку еминентни економски институции во Македонија и надвор од нејзините граници, но и како директор на Алкалоид, компанија која успешно извезува во над 30 земји во светот, сметам дека настаните од овој тип се од огромно значење за промовирање на регионалната соработка и унапредување на бизнис операциите. Токму можноста за поврзување и заедничко дејствување на државите и компаниите од регионот, му даваат додадена вредност на овој меганастан. За полесен и поуспешен пристап до нови надворешни пазари, на компаниите им е неопходно здружување. "Самит 100" е одлична иницијатива за остварување на овие цели, а во исто време и солидна платформа за структуирање на развојни програми кои регионот би го донеле чекор поблиску до исполнувањето на мисијата за градење на моќна бизнис заедница која би била генератор на поголем економски раст“, изјави Мукаетов. Телеком“, Ивица Мудриниќ. Тој изјави дека одлуката да не се укине роамингот во земјите на ЕУ, не треба да влијае врз заложбите на државите од регионот, со цел да им излезат во пресрет на своите корисници. „Треба да ги балансираме овие две желби, затоа што ако корисниците не се задоволни, никој нема да биде. Ако луѓето не користат мобилен телефон кога ја минуваат границата, тоа е загуба не само за потрошувачите, туку и за компанијата“, рече Мудриниќ, потенцирајќи

дека е подобро да се користат повеќе услуги со пониски цени, отколку помалку со повисоки. Меѓу другото, тој рече дека инфраструктурата во телекомуникацискиот сектор во регионот е развиена, а нивото на услуги може да се спореди со најразвиените пазари во ЕУ. „Кога ќе погледнете на скалата на конкурентност, тогаш ќе видите дека телекомуникацискиот сектор е најразвиениот дел од економијата како целина, во однос на јавниот и приватниот сектор“, рече тој. nnn

Потенцијал: Европски пари за балкански проекти



Капитал број 814 05.06.2015

38

www.kapital.mk

политика

С пишува:

Максим Ристески

maksim.risteski@kapital.mk

Силно прозвучи најавата на еврокомесарот Јоханес Хан за предвремени избори во април догодина. „Избори“ е магичен збор, па, и покрај тоа што беше јасно дека нови избори се неодвоив дел од сите можни сценарија за излез од политичката криза, кој би бил најмалиот проблем ако се знае кој ќе ги организира, односно, кој ќе го обезбеди потребното ниво на доверба во изборниот процес за и опозицијата да учествува, во јавноста се доби впечаток дека откако Хан ги спомена (изборите), направен е чекор напред. Но, дали имаме понапредна ситуација од онаа што беше пред разговорите во резиденцијата на Делегацијата на Европската унија во Скопје, што се водеа меѓу лидерите Никола Груевски и Зоран Заев, посредувани од Хан (подоцна се приклучија и Али Ахмети и Мендух Тачи, и што е многу важно, американскиот амбасадор, Џес Бејли), ќе знаеме дури по средбата закажана за следната недела во Брисел, што ја најави еврокомесарот, а на која ќе се договараат „деталите“, и тоа такви, за кои сосем важи фразата „ѓаволот е во деталите“. Дека на овој главен план што ќе се случува со владата - ќе остане ли актуелната во транзицискиот период што го спомена Хан, ќе се реконструира ли со Груевски или без него на премиерското место, а со опозициски министри во важни ресори, или ќе има некое трето решение - не се случило ништо со што актерите би можеле да излезат јавно, е повеќе од јасно. Со истата неизвесност во однос на поставените прашања на темата „влада во транзициски период“, се чека и средбата во Брисел, како што ја чекавме, на пример, последната во Скопје, или онаа во Стразбур. Ако се заклучува според реакциите по средбата во резиденцијата на Делегацијата на ЕУ, објавени во медиумите - од една страна во оние што во јавноста се сметаат за блиски до опозицијата, а од друга страна, во јавните гласила што важат за провладини, при што и двете страни се повикуваат на различни, вклучително и партиски и дипломатски, неименувани извори, и Груевски и Заев сè уште се во фаза на „билдање“ преговарачки позиции.

Меѓу изборите и „преодната“ влада

Странците и дадоа долг транзициски период на Македонија.

за спас или за поголема криза?! Нови избори се секогаш звучна фраза, иако, во конкретнава ситуација уште пред еврокомесарот Хан да ги спомене, се знаеше дека сите можни сценарија за излез од политичката криза мораат да поминат низ нив. Сега погледите се свртени кон Брисел, каде на следната средба со актерите на кризата ќе треба да се реши вистинската непозната - што со владата во „транзицискиот“ период? Но, и ако тоа некако се договори, дури тогаш претстои најтешкото имплементацијата на договореното што треба да ги донесе промените во духот на европските вредности, а што од Македонија безуспешно се бара со години

Хан: Работиме на политички компром


www.kapital.mk

Капитал број 814 05.06.2015

39

Медиумската војна е околу тоа дали „црно на бело“ во договорот потпишан на последната средба со Хан, или барем во усниот договор, е спомената техничка или преодна влада. Еден медиум, сметан за провладин, повикувајќи се наводно на дипломатски извори, напиша дека „во документот на кој стои и потписот на Зоран Заев не се наведени термините преодна, техничка или било каква измена во извршната власт“. Во одговорот на друг медиум, сметан за близок до опозицијата, а кој пишува дека наведеното го дознава, но не и од кого, стои дека во текстот на договорот имало точна формулација за транзициска, односно преодна влада, за која треба да се преговара во Брисел, а формулацијата наводно била следнава - „владата што треба да ја стабилизира европската иднина на Македонија во транзицискиот период“. „Во својата изјава по средбата, еврокомесарот Хан навистина не ја спомена транзициската влада, но го спомена „транзицискиот период“, кој се однесува на периодот во кој новата влада треба да ја стабилизира земјата“, пишува понатаму во текстот на овој медиум, кој, како што тврди, дознава дека Заев инсистирал во пишаниот текст (на договорот) да влезе формулацијата оти договорот не важи (нема да има избори) ако на 10 јуни во Брисел не се договори преодна влада. „Немало согласност за таква измена во текстот, но усната забелешка на Заев била нотирана од присутните“, пишува медиумот. А ако се држиме до она што сите го слушнавме, што го соопшти Хан по средбата во Скопје, во Брисел ќе се бара компромис. „Треба да работиме во вашата земја во духот на соработката, на потребниот политички компромис, со цел постигнување на потребниот баланс меѓу различните сили, меѓу различните општествени групи, и затоа предвидовме еден вид транзициски период“, рече Хан.

Што сè може да влезе во мерката на формулацијата „транзициска“ влада?

Препукувањата на медиумите, за чии брифери е лесно да се препознае на која

страна и припаѓаат, даваат добар дел од материјалот потребен за да се претпостават сценаријата за развој на ситуацијата во Брисел на 10 јуни. Aналитичарот Александар Даштевски, кој говореше пред „Чуварите на демократијата“, кои кампуваат спроти Собранието, а против Заев, по изјавата на Хан оцени дека победила демократијата. „Еврокомесарот Хан рече дека оваа Влада ќе остане уште една година и во таа година ќе се формираат една или две анкетни комисии, кои ќе одлучуваат за прашањата за разговорите кои се неовластено пуштани, и за вештачки предизвиканата криза од страна на опозицијата“, изјави Даштевски. Во контекст на „анкетните комисии“ (за кои зборува Даштевски), погоре цитираниот медиум, сметан за проопозициски, пред доаѓањето на Хан во Скопје објави текст во кој, повикувајќи се на дипломатски извори, напиша дека можно е компромис меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ да се бара со тоа што Груевски би ја задржал Владата, а клучните прашања би ги решавало ново егзекутивно тело. „Станува збор за опцијата според која во период од 6 месеци до 1 година (за една година зборува и Даштевски, н.з.) не мора да дојде до оставка на Владата на Никола Груевски, но со политички договор, сите ингеренции на кабинетот поврзани со менувањето на изборната регулатива и на политичкиот амбиент во земјата, би ги презело ново егзекутивно тело (најверојатно комисија), во кое ќе бидат застапени претставници на четирите политички партии и претставник на Европската комисија. Владата на Груевски и Парламентот би презеле политичка обврска сите предлози на оваа комисија да ги преточуваат во законски, подзаконски и кадровски решенија“, се вели во текстот. Бидејќи е јасно дека овој компромис (како и секој друг, ако е вистински) боли и на двете страни, овој медиум прифаќањето на истиот од страна на опозицијата го објаснува (повикувајќи се на дипломатските извори) со податок дека „притисокот врз Заев се засилува и е поголем од притисокот што се врши врз Груевски“. Ова сценарио, според кое Груевски си

ја задржува Владата и во транзицискиот период, го сметаат и за најверојатно и во ДУИ. Извори од партијата на Ахмети за еден медиуми изјавиле дека компромисот веројатно ќе биде блиску до нивниот предлог соопштен на една од претходните лидерски средби – да се направи нова реконтрукција на Владата, во која неколку клучни министерства ќе добие опозиција, но Груевски да остане премиер. Ова сценарио, како што пишуваше „Капитал“, подразбира формирање заедничка влада на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, плус другите две партии од големата четворка, ДУИ и ДПА. Со моќта на реториката, и на ваквата влада може да и се даде името „преодна“, со што Заев, ако ситуацијата го принуди, ќе може да се оправда дека го добил она што во суштина го барал - имено, Груевски, како што велат опозиционерите, да не може да владее (и да организира избори) како досега - со притисоци, закани, злоупотреби, контрола на државните институции ... Подваријанта на ова сценарио е често споменуваната во последно време - да има заедничка влада, но, премиер да не биде Груевски. Заклучувајќи според она што го брифираат од СДСМ (а што го пренесуваат медиумите за кои се знае дека имаат релевантни брифери од Бихаќска), ова е црвената линија на Заев во моментов - услов за да важи договорот за предвремени парламентарни избори во април 2016 е да се формира преодна влада, во чиј состав нема да биде Никола Груевски. Од оваа позиција (што ја пренесе медиум повикувајќи се на изјава од учесник во преговарачката екипа на СДСМ) се чини е неосновано да се зборува за поинаква преодна влада, чиј состав целосно би го исклучил факторот Никола Груевски (во смисла, на негово место да дојде премиер кој не би бил предложен од него).

Каква и влада да се договори, на предизвиците тешко ќе одговори

Ако договарањето во Брисел (што ќе почне) на 10 јуни, околу владата во „транзицискиот период“, е голем проблем, уште поголем (проблем) е како и дали воопшто владата што ќе се договори ќе може да одговори на предизвикот да го спроведе она што од неа се очекува. А тоа се многу јасно поставени теми - независен обвинител и независност на судскиот систем, независност на МРТВ, но и промени кај приватните медиуми во делот што зависи од нерегулираниот начин на кој Владата плаќа за рекламирање; потоа, собраниски надзор врз работата на државните институции, финално прочистување на избирачкиот список, создавање услови за непристрасна и ефикасна борба со корупцијата, контрола на трошењето на државниот буџет. Од Брисел се очекува да понуди конкретни решенија, односно механизми што ќе го обезбедат спроведувањето на овие „транзициски“ задачи. Зашто ако се очекува дека партиите во евентуалната заедничка влада ќе успеваат да се договораат, треба да се потсети оти и

мис, на баланс меѓу различните сили


специјален прилог - ТОП ИЗВОЗНИЦИ

26 јуни 2015


www.kapital.mk

Капитал број 814 05.06.2015

41 на она што изгледа недвосмислено, тие во своите судири секогаш му давале толкување, го доведувале во прашање неговото значење. Во најголем број се работи за политичари кои тешко дека (по менталитет, по стекната политичка култура и искуство) се компатибилни со европската визија, принципите, за кои зборуваше Хан во Скопје. Што значи, механизмите што би ги предложил Брисел, не смеат да остават никаков простор за толкување во процесот на имплементација на договореното. Дури и кога имплементацијата би ја вршело некое ново егзекутивно тело, некаква експертска комисија, тешко доаѓаат на ум личности што ќе бидат прифатливи и за двете страни (и за ВМРО-ДПМНЕ и за СДСМ), како независни. Зашто, последниве години, поради притисокот партиски да бидат жигосани (да заземат страна, и тоа партиска, а не во однос на одреден проблем), оние што сакаа да останат независни експерти се држеа што подалеку од радарот, а се експонираа оние со заземена страна.

Хан на кризата гледа како шанса, а за да се оствари ќе се реши ли името?

Еврокомесарот Јоханес Хан во политичката криза во Македонија гледа шанса, за евроатланската перспектива на земјата, и рече дека е „цврсто уверен дека на крајот политичката култура ќе биде зајакната

и ќе ги следи европските стандарди“. Оваа шанса не е исклучено дека можеби е и за решавање на спорот со името. Еврокомесарот во Скопје донел предлог Македонија да почне скрининг како прва фаза од пристапните преговори со Европската унија, односно неформално да ги отвори поглавјата 23 и 24 што се однесуваат на владеењето на правото и на состојбата во медиумите. Вообичаено, што овојпат не е случај, за да почне скрининг процесот Европскиот совет треба да даде дозвола за отворање формални преговори за членство. Но, иако е јасно дека со отворањето на споменатите поглавја се цели кон независност на судството, скринингот се толкува и како „морков“ (од приказната со „стапот“), особено во контекст на затоплувањето на односите меѓу Македонија и Грција. Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас, месецов треба да ја посети земјава, а вчера (четврток) македонскиот вицепремиер за евроинтеграции, Фатмир Бесими, во Атина се сретна со него. Во правец на одблокирање на евроинтеграциите оди и интервјуто што премиерот Никола Груевски го даде за Press24, изјаснувајќи се за гасоводот Турски тек, дека вклучување на Македонија би дошло предвид само ако претходно Брисел и Москва се договорат за проектот. Во еден од одговорите Груевски дури се огради и од руските знамиња на

митингот на ВМРО-ДПМНЕ на 18 мај, и рече дека тоа се „работи што ги направиле некои индивидуалци“, и оти, „на крајот на краиштата, маица или знаме може секој секаде да облече или уфрли“. Ова интервју многумина го сватија како гаранција за Брисел околу темата за Македонија што најмногу го интересира. Медиум сметан за близок до опозицијата, кој овојпат се повикува на извори во Владата, напиша дека Груевски за да остане на чело на Владата прифатил во наредните три месеци да го реши спорот за името со Грција, или во најмала рамка ќе направи значителен напредок во преговарачкиот процес. Според медиумот понудата на Груевски сериозно била анализирана во Брисел, но, и во Вашингтон. Околу перспективите во контекст на надиминување на спорот што ги отвори „бомбата“ на Заев за името, „Капитал“ веќе пишуваше. Од снимките се виде кои се прифатливите позиции за ВМРОДПМНЕ во спорот. Опозицијата, одамна е на став дека би го прифатила секое решение зад кое ќе застане партијата на Груевски. Кај Грците, како што можеше да се сфати од „бомбата“, исто така, има(ло) расположение за позициите на македонската Влада, што наводно тајно биле преговарани со претставници на Атина. А за Брисел нема потреба да се зборува; таму ќе биде пресретнато секое решение за кое ќе се сложиме со Грците. nnn


www.kapital.mk

Капитал број 814 05.06.2015

42

БАЛКАН бизнис и политика

Иван Крастев политички аналитичар

За кризата во Македонија има вина и кај Европската унија

В

XX Во каква ситуација се наоѓа Балканот сега? Светот не е во ладна војна, но сепак има многу промени... Ситуацијата е многу променета и во

регионот и генерално во Европа. Во постсоветската ера имавме замрзнати конфликти на Балканот. Сега ситуацијата е поинаква, затоа што за прв пат после Студената војна, Балканот е повторно место на предизвици. Русија сака нејзиниот гас да ја заобиколува Украина, бидејќи еден од врвните приоритетри на руската надворешна политика е да не и се дава моќ на Украина како на транзитна земја. И дојдоа до идеја за изградба на гасоводот Јужен тек, кој ЕУ го блокираше. Сега се зборува за Турски тек, со koj ако се релизира, земјите како Македонија и Србија би станале исклучително важни. Друго што се промени е што во визиите на политичките елити и општествата во регионот, ЕУ перспективата не е веќе толку блиска. Иако Брисел и понатаму зборува за евроинтеграции, никој не се

брза откако тие земји добија безвизен режим, потег кој на Брисел му даде време да ги држи земјите од регионот подолго во “чекалница”. ЕУ моментално не е распложена за проширување. Таквиот став е условен со проблемите со кои ЕУ ќе се соочи во следните неколку месеци. Еден од тие проблеми е имиграционата криза. Според умерените проекции на ЕУ, повеќе од 70 милиони мигранти ќе влезат во Унијата во следните 20 години. Уште еден проблем е грчката криза. Оваа криза има две димензии. Едната е дека ЕУ овојпат е повеќе подготвена за договор со грчката страна, отколку пред две-три години, така да ако Грците се одлучат да излезат од еврозоната, ефектот на монетарната валута ќе биде полимитиран отколку што би бил порано. Но, од друга страна, тоа ќе има политички ефект и може да се претпостави

Крастев: ЕУ мора да го гледа Балканот в


www.kapital.mk

Капитал број 814 05.06.2015

43 Бугарскиот политички аналитичар Иван Крастев, претседател на Центарот за либерални стратегии во интервју за српскиот „Нови Магазин“ зборува за четирите кризи кои во моментот се прекршуваат преку Балканот, за европската заспана политика кон регионот и за влијанието на конфликтот САД-Русија во регионот. дека доколку Грција излезе од еврозната, ќе бидеме сведоци на големи радикални промени на начин на кој таа земја ќе се однесува внатре во ЕУ. Посебно во однос на надворешната политика, како на пример кон руските санкции. Грчката криза, не е само од економска природа, туку и во врска со единствената надворешна политика на ЕУ. Трета криза е референдумот во Обединетото Кралство, кој би требало да биде распишан пред крајот на 2017 година со гласови од лондонските бизнис кругови и самата влада. Исто така, тука е и рускоукраинската приказна. Суштината е во тоа што Украина е во многу тешка политичка и финансиска ситуација и што нема јасна слика за тоа како ќе биде долгорочната позиција на Европската Унија спрема Русија. Замислете ги заедно сите овие четири кризи и ќе видите како на одреден начин се поврзани. XX А што е со Балканот и руските интереси на полуостровот? Сите земји од Балканот ги имаат замрзнато решенијата за кризата. Сега сме сведоци на одмрзнување на тие кризи, но нејасно е дали постои волја да се одмрзнат и решенијата. И тоа секако е проблем. Промената на руската надворешна политика и и патот на православието генерално, играат улога во новата геополитичка визија на Москва и ќе има последици, особено ако Грција излезе од еврозоната. Економската ситауција во регионот значајно ќе се промени, бидејќи Грција е важен инвеститор и партнер на многу земји во регионот, а може да биде и значајна промена во политиката. Така гледано, на Србија како најголема и најважана земја во регионот која е надвор од ЕУ, ќе и биде тешко. Тоа за земјата ќе биде критична точка, бидејќи ќе мора да тргне на едниот или другиот пат, што значајно ќе ја измени перспективата. Исто така, она што е променето и што е опасно е: како резултат на конфронтацијата помеѓу Русија и Западот, се почесто на она што се случува во регионот, се гледа во контекст на тој судир. Која било криза или нестабилност во регионот, лесно ќе се препишува на сметка на Русија и Западот. Доволно е да ја видите главната интерпретација на македонската криза. Никој не верува дека што било е условено од домашните проблеми и сите се прашуваат која е таа странска сила која стои позади сето тоа. XX Како ја гледате политиката на ЕУ на Балканот? Балканот веќе не е кариерно место за западните дипломати, а голем дел од

квалификуваните луѓе веќе не живеат на Балканот. Проблем е тоа што во принцип, ситуацијата е сватена како решена, па се случи отворањето на границите како би се намалил социјалниот притисок – околу 450.000 Македонци ја имаат напуштено земјата – но , тоа не придонесе до позитивни промени во земјата, бидејќи токму оние кои заминаа беа потребни за промени. Мислам дека укинувањето на визниот режим е позитивно, односно тоа е најдобрата работа која ЕУ ја има направено. Но, спротивниот ефект е тоа што се зацврсти ситуацијата статус кво. И пред се, проблемот тука е како на луѓето да им дадете перспектива и надеж. Перспективата не се состои во постојаното повторување дека еден ден земјата ќе биде во ЕУ, бидејќи тој ден може да биде многу далеку. Пред тоа, би требало добро да размислити за тоа кој да ви помогне и што да правите. Со таа бројка на население, сметам дека ЕУ треба да биде лидер. Една од позитивните вести е онаа од пред три години, кога Германија интелигентно препозна дека постои потреба за лидерство, така да со залагање на Меркел, таа ангажира луѓе како Вучиќ, Рама и други, сфаќајќи дека политичките промени мораат да дојдат од внатре. Но, во овој момент ситуацијата станува тешка, а внатре во ЕУ, лесно може да дојде до поделба по партиски линии, што исто така не е од никаква полза. На Унијата и одговара ситуација во која нема да има многу работа на Балканот. Сега се во шок, не знаат што да прават во Македонија. И доколку се врати конфликтот, во кој на една страна е албанскиот национализам, а на другата – останатите - тоа ќе стане голем навистина голем проблем. Капацитетот на ЕУ да реагира, ќе го видиме во ситуација на некоја длабока домашна политичка криза. XX Што по ваше мислење, би било решение? Се вративме во ситуација во која, верувам, нивото на несигурност е многу различно отколку пред една деценија. Тука пресудна улога ќе имаат политичките лидери, како и зрелоста на социјалниот дијалог. А нашето опкружување не е во најдобра ситуација, бидејќи економијата не е силна, партиите се слаби, а тоа е силен предизвик да се искористат протестите во јавноста која сака брзи промени. Затоа верувам дека земјите од Балканот се во многу тешка и сложена состојба, отколку што којбило во Европа е свесен за тоа. Има обиди македонската криза да се надгледува како локален

феномен, а српската позиција како српски проблем. Но, единствениот начин за ЕУ да спроведи успешна политика на Балканот е да го посматра регионот во целина, а не секоја земја поединечно. Тоа во целост е друг пристап од оној во пост-советската ера. Некои земји се вртат кон Москва, некои кон Брисел. Друга значајна работа е тоа што Турција е многу важен играч во економијата, но и во образованието и политиката. И не знам како ќе се однесува во ваква ситуација. Така да, мислам дека се наоѓаме во состојба која е многу повеќе комплексна отколку порано. Тука е и Косово со имигрантскиот проблем, што е исто така потенцијален извор на нестабилност која не смее да се игнорира. XX Како ја проценувате реакцијата на Европската Унија на случувањата во Македонија? Кога станува збор за Македонија и ЕУ, Комисијата и ЕУ во целина ја носат вината за многу работи. Која е разликата помеѓу малите и големите земји? За големите земји ги знаете основните работи, додека за малите или знаете се или ништо. Имајќи го тоа во предвид, мислам дека не знам што навистина се случува, односно кое би било позитивното сценарио. Знаеме дека кризата може да има различни геополитички димензии, бидејќи очигледно дека дел од Европјаните и Американците се доста критични во однос на владата на Груевски, а јасна и силна е подршката која му ја дава Русија. Како и тоа, што ништо на Балканот не е ограничено на територија на една држава. Косово, јужна Србија, Бугарија и Грција се грижат како сето тоа може да се одрази врз нив. Ниту една земја во регионот не е спремна за сериозен разговор. Многу од нив се внатрешно дестабилизирани, па не може да се очекува дека ќе се работи на регионален дијалог кој би придонел за стабилизација. Од друга страна, македонската влада во последните години направи многу работи кои не им се допаднаа на соседните земји. XX Сметате дека кризата може да ја премине границата? Апсолутно. Ова е вид на проблем од симултана природа. Имате грчка криза, македонска, укранска и не можете да речете – прво ќе се занимаваме со грчката, па со македонската, бидејќи тој начин ќе има значаен ефект на Македонија, каде Грција е најголем инвеститор. Тука се и економските, етничките и политичките фактори, така да отпочеток имаме комплексна приказна. nnn

во целина, а не секоја земја поединечно


Капитал број 814 05.06.2015

44

www.kapital.mk

Свет бизнис и политика

Обама даде иницијатива, Путин ја пресретна

Зошто Вашингтон и Москва го прекинаа дипломатскиот пост?

Oценките дека има затоплување на односите меѓу Вашингтон и Москва по посетите на Џон Кери и на Викторија Нуланд на Русија, секако, не изостанаа, но, засега нема ништо што би укажувало на ефектите, и особено на суштинските цели на приближувањето, за кои е јасно дека не можат да се сведат само на поддршка на договорот од Минск, особено не после сè што досега се случуваше во американско-руските релации, а е поврзано со Украина, и после (или пред) сите други геополитички предизвици за САД, во кои Русија помалку или повеќе се јавува како значаен фактор.

Кери: Можно е укинување на санкциите


www.kapital.mk

Капитал број 814 05.06.2015

45 Дел од аналитичарите сметаат дека замрзнат конфликт во Донбас би им одговарал на Вашингтон и на Москва, зашто би можел да биде активиран по потреба од едната или од другата страна, во случај да има договори за други теми и непридржување до нив

Украинската власт стравува дека Донбас е американски влог за придобивање на Русија за други геостратегиски цели. Премиерот Јацењук вака ги прокоментира разговорите Кери-Путин-Лавров: „Сочи не е најдобро место за одмор и разговор со рускиот претседател и со министерот за надворешни работи“

В пишува:

Максим Ристески

maksim.risteski@kapital.mk

Варијанти на фразата - затоплување на односите меѓу Вашингтон и Москва - се насловите под кои светските медуми известија за посетите на највисоки американски дипломати на Русија, случени во интервал од само неколку дена. Државниот секретар на САД, Џон Кери, во Сочи, на 12 мај, разговараше со рускиот претседател Владимир Путин, како и со министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, а помошничката на Кери за европски и евроазиски прашања, Викторија Нуланд, на 18 истиот месец, во Москва (каде допатува од Киев) се сретна со замениците на Лавров, Сергеј Рјабков и Григориј Карасин. Официјално, темата околу која се случува затоплувањето на односите е истата што беше причина за над една година долгото игнорирање меѓу Белата куќа и Кремљ. Ако претходно имаше меѓусебни обвинувања за војната

во Украина во која животите ги загубија неколку илјади луѓе, во Сочи, Кери, Путин и Лавров разговарале за начините мирно да се реши конфликот, при што претпоставките се дека САД треба да го употребат своето влијание за да издејствуваат (и) Киев да го испочитува мировниот договор од Минск. Нуланд во разговорите со Рјабков и Карасин влегла поконкретно околу поддршката што треба да му се даде на мировниот процес. Државниот секретар на САД во Сочи дури и истакна дека санкциите за Русија би можело да се укинат ако Москва доследно го спроведува договореното во Минск. Иако, Кери, ден подоцна, на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО-членките што се одржа во Анталија, даде изјава со која како да се врати чекор назад, дека во Алијансата владее единство околу неукинувањето на санкциите „што ќе останат поради настојувањето да се обезбеди повеќе од потребниот мир во Украина“. Како и да е, ова не влијаеше на оценките дека има затоплување на односите меѓу Вашингтон и Москва, иако засега нема ништо, освен посетите на Кери и на Нуланд на Русија, што би укажувало на ефектите, и особено на целите на приближувањето, за кои, јасно е дека не можат да се сведат само на поддршка на договорот од Минск, особено не после сè што досега се случуваше во американско-руските релации, а е поврзано со Украина, и после (или пред) сите други геополитички предизвици за САД, во кои Русија помалку или повеќе се јавува како значаен фактор. Дека е ова така, односно оти Украина е важна, но, не и единствена фигура во геополитичката игра, укажува и стравувањето на официјален Киев од она што може да произлезе за земјата од дипломатското приближување на Вашингтон и на Москва. Украинскиот премиер Арсениј

Јацењук вака ги прокоментира разговорите Кери-Путин-Лавров: „Сочи не е најдобро место за одмор и разговор со рускиот претседател и со министерот за надворешни работи“.

За тоа кај води она што тргна од Сочи тези не недостасуваат

Светските аналитичари во меѓувреме развија повеќе тези за значењето на американската дипломатска иницијатива што беше добро пресретната од Русите. Има мислења дека потегот на Вашингтон е во врска со економската штета што ја трпат американските сојузници во Европа поради санкциите за Русија, односно, контрамерките на Москва. Од директен економски повод тргнува и тезата во која се прашува колку пари е подготвен да плати Западот за геополитичката вредност на Украина, која многу бара, а се жали дека повеќе троши на отплата на долговите, отколку што добива кредитна помош од меѓународните институции. Премиерот Јацењук на неодамнешниот Самит во Рига (на лидерите на земјите од ЕУ и на шест поранешни советски републики) се обиде да им даде политичка димензија на финансиските обврски на земјата откако украинскиот Парлемент му даде зелено светло на законот со кој би се вовел мораториум на враќањето на долговите на странските кредитори. „Кредиторите имаат морална должност да и помогнат на Украина да ги санира штетите, откако претходната „арамиска“ влада (се мисли на времето на Виктор Јанукович, н.з.) ја кредитирале со милијарди долари“, им порача Јацењук на лидерите на ЕУ во латвиската престолнина. И овде сè ќе зависи, сметаат аналитичарите, од геополитичката проценка на Вашингтон

за Русија ако се почитува Минск


www.kapital.mk

Капитал број 814 05.06.2015

46

Свет бизнис и политика

дали треба новата Украина да се помага без разлика на цената, односно, дали на сметката на Киев ќе легнуваат пари од меѓународните финансиски институции и во случај земјата да прогласи банкрот и да престане да ги враќа долговите. На оваа теза се надоврзува уште една, според која, откако се виде дека украинската војска нема капацитет со сила да го реши сепаратизмот во Донбас, Вашингтон веќе не сака да ризикува со следни воени и поризични потези во кои Западот би бил инволвиран, и затоа повеќе му одговара замрзнување на конфликтот. Инаку, од февруари фактичката состојба на југоистокот на Украина е замрзнат конфликт. Властите во Киев чекаа западна поддршка за нивните барања бунтовниците да се разоружаат, и да има избори по кои регионот би се реинтегрирал во Украина. Но, најверојатно (и според украинските аналитичари) САД и Русија ќе одат на замрзнување на конфликтот, со тоа што Американците можеби нема да бараат од Киев директно да преговара со сепаратистите од Донбас (што е барање на Русите, за да ги избегнат обвинувањата дека вршат директна агресија во Украина). Замрзнатиот конфликт би им одговарал на Вашингтон и на Москва, зашто како таков би можел да биде активиран по потреба од едната или од другата страна, во случај да има непридржување за договореното на други теми. А со овие, други, трети, четврти ... теми, се доаѓа до уште една теза зошто САД подадоа рака, а Русија ја прифати. Во неа се поаѓа од ставот дека Украина си ја завршила работата за САД како средство за притисок врз Русија. Сега на Москва ќе и биде доволно ако го нема НАТО на нејзината граница со Украина (со замрзнат конфликт или, во перспектива, со некое решение со специјален статус за Донбас, Русија доби(ва) услови за тампон-зона), а уште според старата стратегија на поранешниот прочуен советник за национална безбедност во Белата куќа, Збигњев Бжежински, Русија без Украина не може да биде супер-сила, со што се подмирени интересите на САД. Ваквиот баланс, кој јасно натежнува на страната на САД, Американците не сакаат да го нарушат (да притиснат до крај), зашто, како што напиша Фајненшл Тајмс, „Русија е премногу важен играч на меѓународната сцена за Западот да може да си дозволи да ја игнорира поради ситуацијата во Украина“. Вака Америка остава простор, односно вложува, во идни договори со Русија за Сирија и Башар ал-Асад, за иранскиот нуклеарен договор, за Северна Кореја и Ким Џонг-ун, за борбата со Исламската држава... „Заладувањето на односите со Русија негативно влијаеше на американската положба на Блискиот Исток, преполн со жешки точки“, смета Тед Карпентер од вашингтонскиот Институт Като. А дека во Сочи не се воздржувале да излезат од официјалната украинска агенда, потврди и Лавров кој изјави дека „Русија е подготвена конструктивно да соработува со САД за решавање на глобалните проблеми, во кои нашите земји носат најголема одговорност за глобалната безбедност и стабилност“, потенцирајќи дека тоа е можно „само на фер и рамноправна основа“. nnn

Македонија е, или не, на „линијата на огнот“?

Т

езата дека и Македонија добива на важност во судирот на американските и на руските геостратегиски интереси ја подгреа државниот секретар на САД, Џон Кери, кога изјави дека „Србија, Косово, Црна Гора, Македонија, Грузија, Молдавија ... , се на линијата на огнот“, одговарајќи на сенаторско прашање во врска со влијанието на Русија во Европа и конфликтот во Украина. Во контекстот, засилен со актуелната политичка криза во Македонија, официјална Москва излезе со став дека некој овде подготвува „обоена револуција“, односно украинско сценарио, но, рускиот амбасадор во Скопје, Олег Шчербак, рече дека тоа не е поврзано со американско-руските триења во регионот, изјаснувајќи се контраКери, дека „Македонија не се наоѓа на линијата на огнот меѓу Истокот и Западот“. Клучниот поим во тезите дека Македонија е полигон за двете супер сили е Турски тек, гасоводот што го замени Јужен тек. Приврзаниците на ваквите тези заклучуваат дека гасоводот треба да минува преку Грција (што за нив, за привразниците, е завршена работа, зашто сметаат дека Владата на Ципрас на крајот ќе одигра за Русија), Македонија (неопходна за планот, зашто Бугарија, и особено Албанија, не би дале виза за проектот), Србија (каде сметаат на традиционалните врски со Москва), Унгарија (на Виктор Орбан, за која немаат дилеми дека ќе учестува во Турски тек), и, ете го рускиот гас до Австрија. Според ова сценарио, ако Западот сака да го запре Турскиот тек, најподатлива за притисок е Македонија, што, се смета во тезата, е и заднината на политичката криза во земјата. Овде се поаѓа од заклучокот дека Македонија нема заземено јасни

позиции во надворешната политика, односно, дека декларативно е за ЕУ и за НАТО, но ... „За ваков Груевски нема место ако се прашуваат Западните сили“, пишува хрватски Advance, пред да продолжи со став дека „сепак има место, ако тој во преговорите (за излез од политичката криза водени со олеснувачи од Западот) ја нарече Русија закана, а руското влијание на Балканот недозволиво“. Премиерот Никола Груевски како да го имал предвид токму ова кога одговарал на прашањата од последното интервју, она за Press24. За Турски тек Груевски се изјасни дека вклучување на Македонија би дошло предвид само ако претходно Брисел и Москва се договорат за проектот. Премиерот во интервјуто очигледно не сака да остави никакви дилеми околу цврстината на неговиот став дека иднината на Македонија може да биде дамо евроатланска. Тој дури се огради и од руските знамиња на митингот на ВМРО-ДПМНЕ на 18 мај, и рече дека тоа се „работи што ги направиле некои индивидуалци“, и оти, „на крајот на краиштата, маица или знаме може секој секаде да облече или уфрли“. Инаку, Никола Ќурчиски, кој е докторант на руската Претседателска академија во Москва, интересот на Русија за Македонија го гледа во тоа што „иако декларативно македонската Влада се залага за влез во ЕУ, оттаму одамна увидоа дека суштински не е баш така“. „Москва ги прочита овие јасни пораки од Владата во Скопје и затоа ја става Македонија во својата дневна агенда“, вели тој за Дојче Веле. Според Ќурчиски, Москва ситуацијата ја користи само за „Пи-Ар“, но, таа нема да застане зад Македонија, бидејќи земјата нема некое стратешко значење за Русија.


www.kapital.mk

Капитал број 814 05.06.2015

47 ПРОКРЕДИТ со препорака:

РАЗМИСЛете ОДГОВОРНО ЗА ПЛАСТИЧНИТЕ КЕСИ, ЗАТОА ШТО ЖИВОТНАТА СРЕДИНА НИ Е ВАЖНА

Н

Н авидум безопасни и бесплатни, пластичните кеси за секојдневна употреба позади себе кријат спротивна приказна - ние ги плаќаме, директно или индиректно како дел од цената на произоводот што го купуваме или преку трошоците за нивно собирање и рециклирање. Најлошо од се, го плаќаме како непроценлива штета за животната средина и идните генерации. Само во Македонија се користат над половина милијарди пластични кеси годишно и за истите нема соодветен систем за управување со отпад. XX РАЗМИСЛЕТЕ ОДГОВОРНО ЗА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА e пораката која се спроведува во 11 земји од Југоисточна Европа во кои работат ПроКредит Банките. Акцијата е дел за севкупното делување кое сите ПроКредит Банки го прават во рамки на својата стратегија за делување кон животната средина. Пораката е фокусирана на пластичните кеси кои се еден од најзастапените отпадни материи во средината во која живееме и работиме и за кои сите ние имаме можност помалку да ги користиме. nnn

Meѓународна акција на Групацијата ПроКредит за позитивно делување кон животната средина

НЕКОЛКУ ПРИЧИНИ ЗОШТО ДА РАЗМИСЛИТЕ ОДГОВОРНО ЗА УПОТРЕБАТА НА ПЛАСТИЧНИТЕ КЕСИ КЕСИ се ВТОРИОТ НАЈЗАСТАПЕН ОТПАД ВО 1.ПЛАСТИЧНИТЕ ЖИВОТНАТА СРЕДИНА, по отпушоците од цигари ЗА НИВНО ПРОИЗВОДСТВО СЕ КОРИСТАТ ЗНАЧАЈНИ 2. ПРИРОДНИ РЕСУРСИ кои можат да бидат употребени во продуктивни цели. Eдна милијарда фосилни горива, 15 милијарди

литри свежа вода, половина милијарда цврст отпад и 2,7 милијарди CO2 се користат за да се произведе 10% од потрошувачката на пластични кеси. Претставуваат ОДПАД КОЈ ТЕШКО СЕ УПРАВУВА. Само 1-5% од количината на пластични кеси се рециклира. Заради својата структура лесно се разлетуваат и завршуваат насекаде околу нас.Штетните состојки при разградувањето завршуваат во земјоделските производи и храната која ја јадеме, водата , воздухот.

3.

Сите ние и како граѓани и како компании сме одговорни за ефектите кои ги предизвикуваме кон животната средина со нашите секојдневни навики и бизнис практики. Ние во ПроКредит се чуствуваме одговорни за средината во која живееме и работиме. Тоа го применуваме во секој сегмент од работењето. Се грижиме потребите на нашите клиенти кои ги кредитираме да немаат негативен ефект кон животната средина, стимулираме еко инвестиции и градиме лична култура и одговорност на секој член од нашиот тим. Со оваа иницијатива сакаме да пратиме порака до секој граѓанин и до претпријатијата со кои работиме. Секој може да тргне од себе и да даде придонес за почиста животна средина, подобри земјоделски производи, подобро здравје за секој од нас.


Капитал број 814 05.06.2015

48

www.kapital.mk

Свет бизнис и политика Русија отворено ги крши нормите на меѓународното право и нема ништо заедничко со демократијата. Потребно е да се покренат иницијативи кои ќе ја зајакнат нашата безбедност изјави новиот полски претседател Анджеј Дуда, во предизборната кампања.

Кој е Анджеј Дуда, новиот полски претседател?

Полска станува американски "играч" во Европа!

Политичката ориентација на новиот полски претседател, Анджеј Дуда, за Европа и Русија е знак дека Полска се врти кон национализам и евроскептицизам. Доколку продолжи по стапките на својот ментор Качински неговиот избор би бил негативен сигнал за цела Европа!

Анализа: Дуда „трн во очите“ на Герма


www.kapital.mk

Капитал број 814 05.06.2015

49

М

Матеуш Пискорски

директор на Европскиот центар за геополитички анализи

оже да се каже дека партијата на Дуда ги претставува интересите на Вашингтон во Полска. Во периодот од 2005 до 2007 година, кога оваа партија беше на власт, таа предизвика тешка криза во полско-руските односи.

П

Полска - продолжена рака на САД?

С

поред Директорот на Европскиот центар за геополитички анализи, Матеуш Пискорски, партијата на Дуда „Закон и правда“ е директно поврзана со САД. Тој вели дека таа го повикува американското раководство да отвори воени бази во земјата, а дел од оние кои се наоѓаат во Германија, да бидат префрлени во Полска. „Може да се каже дека таа ги претставува интересите на Вашингтон во Полска. Во периодот од 2005 до 2007 година, кога оваа партија беше на власт, таа предизвика тешка криза во полско-руските односи, иако тогаш немаше никакви надворешни дестабилизирачки фактори какви што има денес, како што е ситуацијата во Украина“, истакнува Пискорски.

пишува

Оливер Трајчески

Oliver.trajceski@kapital.mk

Победата на речиси непознатиот конзервативец Анджеј Дуда на полските претседателски избори, најверојатно ќе донесе низа промени во надворешната политика на земјата. Пред се’ тоа претставува жолт картон за либералната политичка опција на поранешниот претседател Коморовски, кој речиси осум години беше на чело на државата. Поразот значи и поттик за национално конзервативниот табор, кој очекува да ја преземе власта на парламентарните избори закажани за оваа есен. За Европа, а особено за германскополските односи, изборот на Дуда би можел да има негативни последици. Во времето на покојниот претседател Лех Качински, кој беше ментор на Дуда, односите помеѓу Германија и Полска беа на најниско ниво, а поради својот бескомпромисен став по европските прашања и острата критика кон Русија, тој важеше за „проблематично дете“ на меѓународен план. Затоа Европската Унија смета дека Дуда ќе ја примени политиката на својот близок соработник и ќе ја насочи земјата кон радикални и националистички ставови, кои според многумина се рускофобни и продолжена рака на евроскептицизмот.

Дуда по стапките на Орбан

Германија веќе изрази загриженост, бидејќи според предизборните ветувања на новиот

Дуда со лидерот на партијата Право и Правда, Јарослав Качински

полски претседател, Европа ќе добие уште еден Виктор Обран. Конзервативната партија „Право и правда“ не е воопшто насочена кон унапредување на односите со Брисел, туку приоритет на владата во Варшава можат да бидат националните интереси. Според „Дојче Веле“, победата на Дуда може да го загрози пристапувањето на Полска во еврозоната. Иако Дуда во предизборната кампања избегна директно да ја нападне Европската Унија, тој најави дека ќе се залага за враќање на дел од надлежностите кон националните држави. „Во Полска ќе биде воведено еврото кога сите Полјаци ќе заработуваат како и луѓето на Запад“, рече Дуда. Дел од аналитичарите сметаат дека единствената разлика помеѓу конзервативниот унгарски премиер Орбан и полскиот претседател Дуда е на меѓународен план, бидејќи Полска ќе се залага за агресивна политика спрема Русија. Слично како и Орбан, тој најави дека земјата ќе се труди да ја намали сопственоста на странските акционери во банкарскиот сектори, кои имаат удел од речиси две третини.

Влошување на руско-полските односи?

Во текот на кампањата, Анджеј Дуда го застапуваше ставот дека на Полска и е

Од извидник до претседател

Б

иографијата на Дуда започнува во 1984, кога станува дел од извидниците во Краков. Поимот „скаут“ во конзервативните полски кругови е тесно поврзан со патриотизмот и пожртвуваноста, мит кој потекнува уште од Втората светска војна кога извидниците гинеле во Варшавското востание од 1944. Политичката кариера ја започнува во 2000 година, како дел од либералната партија „Унија на слободата“. Пет години подоцна се приклучува на конзервативците „Право и правда“, која победи на полските парламентарни избори во 2005. Набрзо станува заменикминистер за правда и државен секретар во кабинетот на Лех Качински.

потребно да најде сојузници кои ќе им се спротивстават на Русија и Германија, кои според него сакаат да ја искористат земјата за сопствени цели. „Русија отворено ги крши нормите на

анија, Русија и Велика Британија


www.kapital.mk

Капитал број 814 05.06.2015

50

Свет бизнис и политика

Дуда ги загрозува преговорите на Камерун со ЕУ

С Новиот

полски претседател успеа да ги добие гласовите на младите и пензионерите

Од извидник

и правник до министер и претседател на Полска

Дуда не е „англиска кралица“

П

ретседателот на државата во Полска има повеќе функции отколку што е само репрезентативна фигура. Според овластувањата, Дуда ќе има моќ да го именува шефот на Полската народна банка, да биде врховен командант на вооружените сили, да координира со надворешната политика на земјата, да дава „амин“ на законите, односно да става вето на истите. меѓународното право и нема ништо заедничко со демократијата. Но Полска не треба да влегува во конфликт со Русија, затоа што тоа во овој момент не е неопходно. Потребно е да се покренат иницијативи кои ќе ја зајакнат нашата безбедност“, рече Дуда за време на предизборната кампања.

Дел од аналитичарите тврдат дека новоизбраниот полски претседател не е самостоен политичар и дека главната улога ќе ја има поранешниот премиер и лидер на конзервативната партија „Право и правда“, Јарослав Качински. Пратеникот и директор на Европскиот центар за геополитички анализи, Матеуш Пискорски, е категоричен

поред престижниот весник „Гардијан“, именувањето на Дуда за претседател на Полска може сериозно да ги комплицира преговорите на британскиот премиер Дејвид Камерун околу останувањето на таа земја во Европската Унија. Меѓу бројните услови кои тој ги бара, е и ограничување на бројот на имигранти од земјите членки на унијата во Обединетото Кралство. Но доколку Дуда го поддржи Камерун, тоа ќе значи ограничување на правата на околу 800 000 полски емигранти кои во овој момент живеат на „островот“. Тоа може да го навлече гневот на Полјаците, кои претседателот ќе го сметаат за предавник на националните интереси со оглед на неговата конзервативна партија „Право и правда“, која се смета за десноориентирана и „патриотска“. дека ќе дојде до сериозно влошување на односите помеѓу Полска и Русија. „Реториката на Анджеј Дуда, во споредба со онаа на неговиот претходник Бронислав Коморовски, ќе биде многу повеќе антируски ориентирана. Односите помеѓу Русија и Полска можат сериозно да се влошат, ако уште на почеток не се промени реториката на претседателот“, вели Пискорски. Од друга страна, рускиот претседател Владимир Путин повика на конструктивен однос со Полска, честитајќи го изборот на новиот полски претседател. „Градењето на конструктивна врска со Полска базирана на принципот на добро соседски односи и заеман почит, ќе ја зајакне безбедноста и стабилноста во Европа“, изјави Путин. nnn


Здравата страна на слатките задоволства!


П

www.kapital.mk

Капитал број 814 05.06.2015

52

свет

Претседателот на ФИФА, Сеп Блатер, на вонредна прес–конференција во вторникот, соопшти дека ќе поднесе оставка, иако пред само неколку дена на Конгресот на Светската фудбалска организација доби нов четиригодишен мандат за да раководи со светскиот фудбал. „Сакам единствено да направам добро за фудбалот. Изборите минаа, но не и предизвиците пред кои сме исправени. ФИФА има потреба од длабоко преструктуирање“, изјави Блатер. За причините за неговото заминување пишува Њујорк Пост. Блатер заминува зашто и тој е под истрага на ЕфБиАј, дознава весникот. Непосредно пред Конгресот во Швајцарија, по барање на Американците, швајцарската полиција приведе неколку видни членови на ФИФА, меѓу кои и генералниот секретар Жером Валке, најблискиот соработник на Блатер. Според американското обвинителство Валке направил трансфер на сума од 10 милиони долари во банка во САД, а оваа сума е во центарот на истрагата за поткуп, измами и корупција во ФИФА. Истрагата покажала вмешаност и на Блатер, и понатаму треба да утврди дали имало или не негова поврзаност со коруптивни зделки. Блатер ќе се повлече од претседателската функција, а во периодот од декември 2015 година, до март 2016, ќе бидат организирани избори за нов претседател на ФИФА. Се очекува да се види дали по оставката на Блатер ќе ја снема и недовербата на европска УЕФА кон светската ФИФА. Британски Телеграф по реизборот на сега веќе поранешниот прв човек на ФИФА, јави дека УЕФА сака да се оддели од светската организација и да создаде свој турнир што би конкурирал на светското првенство, а преку кој би се вовеле промени во фудбалот. Блатер, кој, според европската фудбалска организација е олицетворение на криминалот во „најважната споредна работа на светот“, овие промени конечно би требало да го испратат во историјата. Конкретно, членот на Извршниот комитет на УЕФА, Данецот Алан Хансен, предложил европски првенства да има на секои две години (наместо на четири), а на нив да бидат поканети и водечките екипи од другите континенти. Во УЕФА во суштина се размислува како најдобро да се искористи „европскиот фудбалски мускул“, со оглед на

„Најважната споредна работа“ стана главна „благодарение“ на корупцискиот скандал

Блатер повеќе не е пречка кој ќе се зафати со ремонтот на ФИФА

Сеп Блатер се понадева дека реизборот по кој остана на чело на ФИФА можеби ќе го заштити од истрага, сметајќи дека политички најстрмни во вакви ситуации се последните чекори до врвот, но, поднесе оставка само четири дена откако освои петти мандат, а извори од американското обвинителство за Њујорк Пост и за ЕјБиСи Њус веднаш ја објаснија (оставката) со истрага на ЕфБиАј и за Швајцарецот кој седумнаесет години беше на чело на светскиот фудбал значењето на Европа во светот на фудбалот, и како чекор во овој правец се предлага бојкот на светското првенство во Русија што треба да се одржи во 2018 година. Претседателот на Фудбалската асоцијација на Англија, Грег Дајк, бара главата на УЕФА, Мишел Платини, да покаже дека има лидерски капацитети со тоа што ќе обедини десет големи држави околу идејата за бојкот, а, според неговите зборови, моќните Англија, Германија и Холандија, со сигурност сакаат промени. Сепак, Французинот на чело на УЕФА во меѓувреме, непосредно пред оставката на Блатер, сепак, во интерес на фудбалот, изјави дека нема да поддржи евентуален бојкот на светското првенство во Русија во 2018 година. Блатер, од своја страна, за евентуалното поденесување оставка (што од него ја бараше УЕФА), изјавуваше дека би се сметало за прифаќање одговорност за огромниот корупциски скандал, а неговата позицијата беше дека „од 2010 година

ставил приоритет на борбата со корупцијата во ФИФА“; период, во кој претседателот на светската организација посочуваше дека се сменети половина од членовите на Извршниот комитет (на ФИФА). Но, последните апсења покажаа дека останале доволно коруптивно порозни луѓе на високи позиции. Блатер по реизборот изјави дека против него е насочена омразата не на еден човек од УЕФА (Платини), туку на целата европска организација, на која и порача дека „простува, но не заборава“, и оти „ФИФА не може да живее без УЕФА“, но, и обратно. Во Русија, која како организатор на следното светско првенство може да биде бојкотирана од УЕФА, реизборот на Блатер беше најгласно поздравен. Лично претседателот Владимир Путин, преку својот портпарол, изрази „увереност дека искуството, професионалноста и високиот авторитет“ одат во корист на претседателот на ФИФА, која на Русија и ја додели организацијата на првенството

Платини: Клучни се промените во ФИФА -


www.kapital.mk

Капитал број 814 05.06.2015

53 Јорданскиот принц Али бин ал-Хусеин, кој беше единствен противкандидат на Блатер, е азиски потпретседател на ФИФА и автор на Програмата за развој на азискиот фудбал, чија задача е обезбедување пари за локалните потреби за овој спорт. УЕФА отворено застана зад него, верувајќи дека има чесни намери, за иднината на фудбалот

„Барав од Блатер да отстапи бидејќи праќа лоша слика за ФИФА. Имаше премногу скандали“, изјави првиот човек на УЕФА, Мишел Платини, пред Конгресот во Цирих на кој беше реизбран Сеп Блатер Главниот обвинител на САД, Лорета Линч, изјави дека во ФИФА има корупција што е широко распространета, системска и со длабоки корени, која трае последните две генерации од светското фудбалско водство

во 2018 година, што е предмет на истрага во Швајцарија. Пред оставката на Блатер, обвинителството на алпската држава соопшти дека ќе го сослуша Блатер, но не како обвинет, туку како сведок, во процесот со кој се истажуваат околностите во кои биле доделени организациите на светските првенства за 2018 и за 2022 година, на Русија, односно, на Катар. Американските власти објавија дека високопозициониран човек во ФИФА одобрил трансфер во банка во САД. Блатер негираше врска со поткупот од 10 милиони долари што го истражуваат Американците, и на новинарско прашање по неговиот реизбор, за тоа дали тој е високопозиционираниот функционер, одговори дека нема ништо против истрагата, но, оти „тоа не е тој, зашто немал 10 милиони долари“.

САД: Ќе има нови апсења за криминалот во ФИФА

Апсењата на повеќе челни луѓе што ја потресоа една од најмоќните светски организации во светот - Меѓународната федерација на фудбалските асоцијации, ФИФА, се случија два дена пред Конресот на кој беше реизбран Сеп Блатер. Обвиненија за перење пари, корупција и измами има за четиринаесет лица, од кои деветмина фудбалски челници, а петмина од маркетиншки компании поврзани со ФИФА. Швајцарците апселе по барање на американските колеги кои ја водат истрагата за поткуп од околу 150 милиони долари. Во седиштето на КОНКАКАФ (организацијата што раководи со фудбалот во Северна, во

- не Блатер

Централна Америка, и на Карибите) во Мајами, ЕфБиАј изврши претрес. Како што кажавме, уапсените ги чекаат обвинителни акти за корупција, измами, перење пари во САД, а во Швајцарија се водат два процеси по истата основа, како и за изборот на Русија и на Катар за домаќини на светските првенства во фудбал во 2018, односно 2022 година. Главниот обвинител на САД, Лорета Линч, изјави дека во случајот станува збор за корупција што е широко распространета, системска и со длабоки корени во Соединетите Држави и надвор од нив. Според Линч, корупцијата се простира низ последните две генерации од светското фудбалско водство чии претставници ги користеле своите позиции за да извлекуваат милиони долари преку поткупувања и провизии. Ако поминат обвиненијата сите уапсени ќе бидат екстрадирани во САД, каде што, како што кажавме, ЕфБиАј со години ја истражува корупцијата во фудбалот. А право на јурисдикција на САД дава тоа што кривичните дела биле подготвувани токму таму, а и со нив поврзаните трансакции биле вршени преку американски банки. Истрагата на Американците открила дека само при продажбата на телевизиски права, биле давани повеќе милионски (доларски) суми поткуп. Инаку, од телевизиските и маркетнишките права доаѓаат дури 70% од приходите на ФИФА, или во апсолутна бројка, 5,7 милијарди долари меѓу 2011 и 2014 година. Погоре споменатите уапсени од маркетиншки компании се поткупувачите кои во име на своите клиенти така обезбедувале телевизиски и маркетиншки права.nnn


www.kapital.mk

Капитал број 814 05.06.2015

54

CEO Profile

Тим Кук

главен извршен директор на Apple

Л

егендарниот основач и директор на Apple, Стив Џобс, отсекогаш бил тежок човек да се следи. Неговиот наследник Тим Кук, докажан махер за логистика и завршување на работите, постојано ќе биде изложен на притисокот да докажува дека е исто така способен иноватор, а не само извршител. Засега тоа добро му оди: Apple е највредната компанија на светските берзи, прва ја достигна пазарната вредност од 700 милијарди долари, а нејзините производи сè уште предизвикуваат невидени редици пред продавниците.

Човекот што го замени “незаменливиот“ Џобс

Т

Тим Кук го имаше првото искуство како главен “егзекјутивец“ на Apple уште кога Стив Џобс беше на лекување во јануари 2004-та. Во Јануари 2011 година, тој повторно ја зеде управувачката палка во своите раце како в.д. директор. На почетокот од 2012-та, компанијата му додели награда од еден милион акции, кои што во тој момент вредеа околу 600 милиони долари, со што стана најплатениот CEO во светот. По смртта на Џобс во октомври 2011-та, Тим Кук и официјално стана главен извршен

директор изјавувајќи дека никој не треба да очекува оти тој ќе го замени Џобс, затоа што Џобс е “едноставно незаменлив“. Кук практично ја продолжи политиката на своевидна таинственост кога станува збор за нови продукти на Apple, и само штуро најави дека наскоро ќе има подобрувања на Siri, гласовно активирачкиот дигитален асистент вграден во iPhone, рече дека има уште доста работа на iPad-от, како и дека јавноста ќе ги обожува новите работи што ќе дојдат од Apple. Во 2012 година, Тим Кук беше главен говорник на 30-то издание на Allen & Co media конференцијата во Сан Вали, Калифорнија. Истата година, Apple и плати 60 милиони долари на кинеската компанија Proview за да го разреши правниот спор околу користењето на заштитната марка iPad.

Потекнува од работничко семејство

Тим Кук е роден во 1960 година во семејство од работничка класа во крајбрежниот град Робертсдејл, Алабама. Татко му бил вработен во локалните градилишта, а по завршувањето на средното училиште во родниот град, Кук се запишал на Аубрн универзитетот каде што стекнал диплома за индустриски инженеринг во 1982 година.

Од 1983-94, Кук работел за IBM, каде што стигнал до позицијата директор на секторот за производство и дистрибуција на персоналните компјутери на IBM за Северна и Латинска Америка. Во 1988 година се стекнал со МВА диплома на престижниот Дјук универзитет. Во 1994-та, Кук станал главен оперативен директор на компанијата Intelligent Electronics, a три години подоцна потпретседател за корпоративни прашања во Compaq. Кук дошол во Apple во 1998 година на позицијата постар потпретседател за светските операции, а истовремено ја имал и функцијата на извршен потпретседател за светски продажби и операции. Во 2005 година бил назначен за главен оперативен директор, одговорен за сите компаниски операции и продажби низ светот. Истовремено ја предводел и Macintosh дивизијата на Apple, и имал клучна улога во развојот на стратешките трговски и добавувачки релации, обезбедувајќи флексибилност како одговор на сè попребирливиот пазар. За CEO на Apple беше назначен во август 2011, шест недели пред смртта на Стив Џобс.

Претпочита тимски дух, наместо индивидуалци со големо его

Кога Џобс планираше кој ќе биде негов

Предизвик: На Тим Кук му се падна тешката задач


www.kapital.mk

Капитал број 814 05.06.2015

55

Овој бизнис треба да го управувате како да сте во млечната индустрија. Ако измине рокот за употреба на производите, имате проблем

Со неговиот претходник Стив Џобс на една од конвенциите на Аpple Тим Кук му објаснува нешто околу “ајфонот“ на Дејв Грол од Foo Fighters Тим Кук го претставува iPhone 6

Стив беше човек што не прифаќа нешта како ‘добро’ или ‘многу добро’, туку само ‘најдобро’. Многу сум среќен што нема да бидам сведок или да дозволам ова да се промени наследник, се плашеше само компанијата да не ја доживее судбината на Disney, каде што “бизнисот беше парализиран, а луѓето само се моткале по состаноци и зборувале за тоа што Волт би направил“. Кога реши да го предаде кормилото на Тим Кук, Џобс се обиде да го намали притисокот врз него, велејќи му: “Не сакам никогаш да се прашуваш што јас би направил. Направи го само она што сметаш дека треба“. Некои од неговите први потези како CEO се одликуваа со решителност да им покаже на некои луѓе каде им е местото. Отпуштањето на софтверскиот инженер одговорен за развојот на оперативниот систем iOS Скот Форстел, беше сигнал дека Кук претпочита тимска работа наместо индивидуалци со големо его. Кук јавно се извини кога компанијата правеше грешки, како на пример, проблемите со Apple Maps, за разлика од неговиот претходник Џобс кој што не беше карактеристичен по тие работи. Кук исто така одлучи да се дели дивиденда на акционерите, нешто што Џобс долго време одбиваше да го направи. Енергичноста и издржливоста на Кук станаа своевидна легенда во Apple. Fortune во една прилика напиша дека тој често почнува да праќа мејлови до своите соработници уште во 4:30 наутро, а конференциските телефонски разговори може да се случат во било кое време од денот. Со години, Кук одржува телефонски состаноци со својот персонал во недела навечер за да се подготват за нови состаноци во

Apple низ бројки

понеделник. BBC пак, напиша дека “Кук, фанатик за фитнес и пасиониран љубител на надворешни спортски активности, силно верува во интуитивни одлуки: способноста да донесе вистински одлуки ја придоби довербата на Џобс и бордот на директори на Apple“.

Фанатик за работа

За тоа каков фанатик за работа е Тим Кук, сведочи Мајк Џејнс, кој што работел со него порано, а сега е директор на интернет компанијата FanSnap. “Работев за него еден период во Њујорк, и еден ден имавме маратонски состанок, а вечерта имаше наптревар на Метс (New York Mets, бејзбол тим) за кој што повеќето од нас имавме билети. После часови брејнсторминг тој сè уште не бомбардираше со прашања, додека ние како мали деца погледнувавме во часовникот. Сè уште пред очи ми е сликата како Тим вели ‘ОК, следна страница’, откако отвори уште едно енергетско чоколатце. Нема потреба да кажам дека го пропуштивме мечот таа вечер“. Стив Дојл, кој што работел за Кук во IBM пред да се пресели во Тексас од семејни причини вели: “Тој ќе ти постави 10 прашања. Ако ги одговориш точно, ќе ти постави уште 10. Ако вака издржиш една година, ќе почне да ти поставува девет прашања. Погрешиш ли едно, и тој ќе ти постави 20 или 30“.

1976

година oснована, во Купертино, Калифорнија Основачи Стив Џобс, Стив Вознијак, Роналд Вејн

183

милијарди долари приход од продажба во 2014 година

40

милијарди долари добивка во 2014 година

98.000 број на вработени

Џина Глоски, консултант, која што дипломирала истата година и во истата програма за индустриски инженеринг како и Тим Кук, вели дека тој не е некој дружељубив тип. “Не е нит у анти- социјален, само што никогаш не изгледаше дека го интересираат другите луѓе. Јас сум од оние што сакаат гушкање и бакнување, но никогаш не се чувствував комотно за да го гушнам или бакнам Тим“. nnn

ча да го продолжи патот на легендата Стив Џобс


www.kapital.mk

Капитал број 814 05.06.2015

56

Фељтон

Агресијa - моќта на човечкиот

“Цивилизирани на убивањето н

З Пишуваат:

Проф д-р Методи Чепреганов невропсихијатар

Теодора Костовска

интернационален учител на Art of Living

Проф д-р Методи Чепреганов невропсихијатар

Капитал и Професор доктор Методи Чепреганов започнаа со објавување серија текстови поврзани со агресијата. Според мислењето на еминентниот невропсихијатар токму сега е времето да се отвори оваа тема која е длабоко поврзана со сето она што ни се случува во современото македонско општество.

За да ја објективизираме агресијата како појава и инструмент во нашето секојдневно постоење, ќе ги наброиме актуелните теории со кои се објаснува фактот и причините на агресијата. Најстарата теорија на Лоренц (Лоренз) наречена неоинстинктивизам, не убедува во фактот дека насилството произлегува од нашата животинска потреба, од нашиот несовладлив нагон за агресивност, така што, законот на еволуцијата би требало да го прифатиме како објаснување за моќта на деструктивниот нагон. Дали со оваа теорија можеме да одговориме на многу актуелни прашања од нашиот, сегашен и секојдневен живот и случувања, анализирајќи ја ирационалноста на социјалните системи и кршењето на законите, забраните и табу-темите, криејќи се зад некои возвишени зборови, од типот на "чест, сакање, одбрана на татковината“ и слично? Спротивно на оваа теорија, бихевиористичкото учење, не го интересираат субјективните фактори кои го тераaт лицето на едно одредено однесување и чувствување, туку важноста е во тоа како се однесува поединецот и кои се и какви се општествените и социјалните услови, кои го обликувaат таквото однесување. Чекор понапред е необихевиористичкото

учење на Скајнер (Скиннер), како најприфатена психолошка теорија во САД, според која човекот е социјално битие и неговиот модел на однесување, во голема мера, зависи од опкружувањето во кое се раѓа, развива, расте, учи, работи, постои; значи, во себе инкорпорира социјални, морални, етички норми, во онаа мера до која се развиени. Луѓето се крајно рационално ориентирани, имаaт малку чувства и чувствата не се тие кои ги раководат, туку се крајно контролирани. Секој човек во себе носи два, веќе споменати наполно различни видови агресивитет, ќе се потрудиме да ги дообјасниме. Првиот е дефанзивната или бенигната агресија, потребна за опстанок на единката и видот, агресија која човекот ја споделува со животните, уште наречена и филогенетски програмиран импулс за напад или бегство, одбрана во моментите кога се загрозени виталните интереси на животното, односно човекот. Таа е биолошки прилагодлива и ја снемува во моментот, кога ќе ја снема и нејзината причина, поради која била активирана. Оваа агресија е дел од човечката природа, одбраната ја нарекуваме синдром на адаптација. Втората е малигна, деструктивна или уште свирепа агресија, која е специфична исклучиво за човекот, која не е филогенетски програмирана и не е биолошки прилагодлива. Таа е ирационална, нема цел, а задоволството е во добивката. Таа е биолошки штетна, нејзината главна манифестација е убивање и свирепост, потчинување на другиот/другите и, што е најстрашно, како велат психолозите, степенот на деструктивност наместо да се намалува со зреењето на цивилизацискиот ментум, тој расте во корелација со се’ поголемиот развиток и напредок на цивилизацијата. Апсурд кој ја застрашува и ја прави ирационална иднината на светот! Малигната агресија, претставува вкоренет човечки потенцијал, во услови на човечката егзистенција. Со цел да се изнајде некоја поврзаност и вклопување на претходните теории, во "игра" е и трета теорија, наречена енвиронменталистичка, која, всушност,

Лоренц: насилството произлегува од на


www.kapital.mk

Капитал број 814 05.06.2015

57 деструктивен нагон (3)

иот“ човек не гледа лично Современиот човек, убивањето луѓе го претвори во видео- игри, притискање на едно копче, неколку движења на џоистикот и - лошите момци се мртви! “Цивилизираниот“ човек на убивањето не гледа лично. “Дури и ако јас те убијам, јас не сум те убил“. Убив некоја точка на екранот, еден куп електрони. Не постои морално вреднување, ниту понесување лична одговорност. За жал тоа е нашето секојдневие ! прави поврзаност меѓу човековата биолошка детерминација и неговата егзистенцијална ситуација, условена од условите и потребите на опкружувањето во кое се раѓа човекот, расте, едуцира, постои и твори. Не би смееле да изгубиме од предвид дека во цивилизацискиот ментум остануваат повеќе собитија на злосторства за кои, афективно мотивациската смисла и должината на траењето на афектот, во никој случај не може да ја оправда силината на омразата, злобата и свирепоста на злосторствата кои траеле со денови, ако знаеме дека афектот е краткотрајно интензивно чувство. Историски, примерите за ваквите злосторства се многубројни: масовниот колеж од војниците на Александар Велики над граѓаните во Тир, вадењето очи на 14.000 војници на Самуил и

масовните убиства на евреите во Втората светска војна, како и безброј други, ширум земјината топка. Злосторствата кои се длабоко врежани во мемориските цивилизациски записи, колективното несвесно, коишто, за жал, не се менуваат, ниту од нив се извлекуваат соодветни наравоученија, бидејќи и во денешни услови над невини луѓе се случуваат, помали или поголеми злосторства од различен карактер; голем апсурд за интелектуалниот капацитет и емотивните напливи за чинителите, за кои психолозите и психијатрите длабоко се убедени дека излегуваат од рамките на нормалното однесување и расудување, што би значело дека сепак тоа се личности со психопатолошки содржини во своите мисловни процеси. Модерната цивилизација донесе агресивност и дела кои се исто толку

Репресијата на либидото раѓа агресија

Д

обро познатиот татко на психоанализата, Сигмунд Фројд, во сопствените размислувања за анатомијата на човечката деструктивност, во неговата рана теорија тврди дека човечките агресивни однесувања се мотивирани од сексуалните и инстинктивни нагони, познати како либидо, енергијата добиена од еросот или нагонот за живот. Репресијата на либидиналните нагони се изразува како агресија. На пример, експресија на детската агресивност набљудувана преку Фројдовата теорија е изразување на Едиповиот комплекс.

ужасни како злосторствата од минатото, Руанда, Босна, Ирак, Газа ... А, што прави цивилизираниот човек? Тој ја врти главата на страна, ги затвора очите ... Дали е тоа тој подобриот, современиот, повеќе цивилизираниот свет и човекот во него? Современиот човек, убивањето луѓе го претвори во видео- игри, притискање на едно копче, неколку движења на џоистикот и - лошите момци се мртви! “Цивилизираниот“ човек на убивањето не гледа лично. “Дури и ако јас те убијам , јас не сум те убил“. Убив некоја точка на екранот, еден куп електрони. Не постои морално вреднување, ниту понесување лична одговорност. За жал тоа е нашето секојдневие !

Како тогаш, во таква цивилизација, да зборуваме за отсуство на агресија и хуманистички идеали?

Добро познатиот татко на психоанализата, Сигмунд Фројд, во сопствените размислувања за анатомијата на човечката деструктивност, во неговата рана теорија тврди дека човечките агресивни однесувања се мотивирани од сексуалните и инстинктивни нагони, познати како либидо, енергијата добиена од еросот или нагонот за живот. Репресијата на либидиналните нагони се изразува како агресија. На пример, експресија на детската агресивност набљудувана преку Фројдовата теорија е изразување на Едиповиот комплекс. Едно момче, околу пет годишна возраст, почнува да развива сексуална желба кон својата мајка. Тој почнува да ја сфаќа како добавувач на храна и љубов и, на тој начин, сака да го продлабочи односот во интимен и близок. Таквата желба на момчето кон својата мајка предизвикува отфрлање на таткото, манифестирајќи агресија кон него. На таткото се гледа како на конкурент и ривал каде што тие двајцата се обидуваат да ја освојат и да ја придобијат љубовта на мајката. Од една страна, тој го сака својот татко, но од другата, всушност посакува да исчезне, така што ќе може да си формира интимна врска со мајката. Овој конфликт се развива внатре во младото момче и кај него се развива огромно чувство на вина, соочувајќи се со супериорноста и големината на неговиот татко. Ова предизвикува страв кај момчето, коешто верува дека прогонувајќи ја мајкината наклонетост, неговиот татко ќе сака да го повреди, всушност кастрирајќи го. За решавање на конфликтот, момчето учи да ја одбие својата мајка како објект за љубов, за на крајот, евентуално, да се идентификува со својот татко. На тој начин ќе разбере дека интимната врска со неговата мајка, всушност, е несоодветна. nnn

ашата животинска потреба


ИЗВЕСТУВАЊЕ Ве известуваме дека на 17. сесија на Клубот на истражувачи што ќе се одржи на 11 јуни 2015 година (четврток) во просториите на НБРМ, на 8 кат, со почеток во 14:00 часот, ќе бидат презентирани следниве трудови: l Оценка на влијанието на фискалната политика врз тековната сметка - хипотезата за двоен дефицит

во случајот на македонската економија“, автори: Весна Стојчевска и Мите Митески; и Оценка на преносните ефекти од надворешните шокови врз одржливоста на надворешниот l и јавниот долг на Република Македонија, автори: Даница Уневска-Андонова и Дијана Јаневска-Стефанова. Ве молиме Вашето присуство на 17. сесија на Клубот на истражувачи да го потврдите најдоцна до 10 јуни 2015 година на тел. +389 2 3298505; и електронска пошта marketing@kapital.mk Напоменуваме дека зачленувањето во Клубот на истражувачи е од отворен карактер и подетаљни информации можете да видите на следнава врска: www.nbrm.mk/Клуб на истражувачи.




Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.