10
www.kapital.mk
Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...
cover story
потези кои ја уништија конкуренцијата во Македонија
анализа Странските инвеститори се премислуваат и одбираат други земји! Цените на недвижности почнаа да растат. Инвеститорите бараат сигурна оаза
специјален прилог - семејни бизниси
ПРЕДИЗВИЦИ ЗА ДОМАШНИТЕ БИЗНИСМЕНИ ШТО КОГА СЕМЕЈНАТА ФИРМА ЌЕ ИЗЛЕЗЕ ОД „ГАРАЖАТА“?
ПЕЧАТНИЦА „АНС“, БИТОЛА КАКО ЉУБОВТА КОН ФОТОГРАФИЈАТА СТАНА СЕРИОЗЕН БИЗНИС
ДИЛЕМИ НА МАКЕДОНСКИТЕ ПРЕТПРИЕМАЧИ КАКО ДА СЕ НАПРАВИ ДОБАР ПЛАН ЗА НАСЛЕДУВАЊЕ
СЕМЕЈНИ КОМПАНИИ
ЗОШТО СЕ ВАЖНА АЛКА ВО РАЗВОЈОТ НА ЕКОНОМИЈАТА
специјален прилог Семејни бизниси Предизвици за домашните бизнисмени
ШТО КОГА СЕМЕЈНАТА ФИРМА ЌЕ ИЗЛЕЗЕ ОД „ГАРАЖАТА“?
Турциja: Ердоган остана, но “султан“ не стана. Што следи? број 815 | цена 100 ден. | 12 јуни, 2015 | петок | година 16
www.kapital.mk
4
Капитал број 815 12.06.2015
содржина 08 навигатор 08 политика
Хан се разочара што никој не загриза на морковот, ниту го заболе стапот Дали Вашингтон го има предлогот кој Груевски и Заев нема да можат да го одбијат?
12 cover story
10 потези со кои се уништи конкуренцијата во Македонија
30
18 Капитално 20 инвестиции Клиентела
Политичката бура го нарушува инвестицискиот рај Странските инвеститори се премислуваат и одбираат други земји!
24 Анализа
И пазарот на недвижности ја чека разврската на политичата криза Цените на недвижности почнаа да растат. Дали инвеститорите бараат сигурна оаза?!
29 специјален прилог семејни бизниси
n Предизвици за домашните бизнисмени Што кога семејната фирма ќе излезе од „гаражата“? n Печатница „АНС“, Битола
44 Капитал анализа
Што ја чека Македонија со отварањето на поглавјата 23 и 24? Висински скрининг или нов еуфемизам од Брисел како утеха за се уште не започнатите преговори?
08
44 Уништена пазарна економија
По 25 години градење пазарна економија државата стана најголем бизнисмен. Капитал ги анализира 10- те потези со кои се уништи конкуренцијата во Македонија, и без чие средување македонската економија уште долго нема да пазарна, отворена и конкурентна економија. XXСтр. 12
Загрижени инвеститори Политичката бура на која што не и се прогнозира брз крај, го наруши инвеститорскиот рај кој што Владата со години им го нудеше на странците ширум светот. Многу од потенцијалните странски инвеститори се воздржуваат да донесат одлука да изградат фабрики овде и нивните планови се одложени на неодредено време. XXСтр. 20
Специјален прилог: Како семејните бизни
Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје l Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, ка Основач и директор: Љупчо Зиков l Одговорен уредник: Биљана Здравковска Стојчевска l Печати: Графички центар Скопје, ул. Скупи бб, 1000 Скопје l Тираж: 3.000 примероци l Датум на печатење:
5
бизнис 50 Свет и финансии
Турците ја исцртаа црвената линија Ердоган остана, но „султан“ не стана. Што ја очекува Турција?
54 CEO Interview Пол Полман
директор на Unilever
Подобро да кревате прашина, одошто истата да ја јадете!
50
56 фељтон
Методи Чепреганов невропсихијатар
Агресијa моќта на човечкиот деструктивен нагон (4) Големата фрустрација поттикнува агресија
Горчлива победа за Ердоган
Турците препознаа дека на 7 јуни, иако на парламентарни избори, се гласаше за или против претседателот Ердоган и формално да ја сконцентрира власта во земјата кај себе, со промена на Уставот, со што, сметаа оние кои гласаа против, можеше да и се зададе последниот, фатален удар на турската демократија.
54 Инвестиции во недвижности
Иако засега статистиката покажува позитивен тренд на пораст на цените на недвижностите, бизнисмените и експертите предупредуваат дека одолговлекувањето на политичката и безбедносна криза нема да му годи на бизнисот со недвижности.
XXСтр. 24
иси да излезат од „гаража“?!
ат 6, стан бр.31 l П. ФАХ 503, 1000 Скопје 11.06.2015
XXСтр. 50
ЗА ВРВНИ МАГИСТЕРСКИ СТУДИИ НЕ МОРАТЕ ДА ОДИТЕ ВО СТРАНСТВО!
СЕГА И ВО СКОПЈЕ! • Престижна МБА програма за развој на вашата кариера • Рангирана помеѓу првите 100 во светот • Со тројна меѓународна акредитација која гарантира квалитет на наставата
УПИСИТЕ СЕ ВО ТЕК! msm.uacs.edu.mk
ЗА ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ:
Универзитет Американ Колеџ Скопје Трета Македонска Бригада 60, 1000 Скопје Тел: +389 2 2463 156
Е-пошта: globalmba@uacs.edu.mk Веб: msm.uacs.edu.mk
7
Капитал број 815 12.06.2015
издава: Капитал Медиа Гроуп основан 1999 година основач: Љупчо Зиков бул. ВМРО бр.7, зграда 1, влез 1, кат 6, стан бр.31
тел. ++ 389 2 3280 910 www.kapital.mk www.facebook/KapitalMK
WWW.KAPITAL.MK
Претплатете се на КАПИТАЛ...
И
(СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ)
"ТЕПАЧКА" МЕЃУ БАНКИТЕ ЗА ДОБРИТЕ КОМПАНИИ. ШТО ЌЕ СЕ БАРА?
Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...
БРОЈ 800 | ЦЕНА 100 ДЕН. | 27 ФЕВРУАРИ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16
дејата и визијата за тоа што сакаат да направат, беше највредниот капитал кој го COVER STORY поседуваа луѓето што ја почнаа приказната НОВИОТ РУСКИ ГАСОВОД ЌЕ за Капитал пред повеќе од 15 години. Со ЈА СТАВИ МАКЕДОНИЈА макотрпна и посветена работа на својот тим, ДА ИЗБИРА МЕЃУ ИСТОКОТ магазинот се наметна како еден од најрелевантните И ЗАПАДОТ ?! извори на квалитетни информации во Македонија и регионот, значајни за приватниот, јавниот и WWW.KAPITAL.MK невладиниот сектор. Да се биде лидер на пазарот INTERVIEW во својот сегмент е голема чест и задоволство, но и ЈАНКО МЕДЈА голема обврска кон сите што секоја недела нетрпеливо го чекаат Капитал да ги информира за економските По неколку години, НЛБ Групација со позитивни резултати. проблематики и актуелности, но, и да ги едуцира со Преструктуирањето продолжува своите содржини за најновите трендови. Капитал се чита во директорски канцеларии, Капитал INTERVIEW ВЕРНЕР ШЕРЕР се чита во кабинети на политичари, Капитал се чита СО СИГУРЕН ЧЕКОР КОН ИДНИНАТА на универзитети, институти, “тинк-тенк” центри.... ЈАВНА АДМИНИСТРАЦИЈА: ОГЛАСИ ЗА НАД 1.300 НОВИ ВРАБОТУВАЊА едноставно Капитал е секаде кај што се с о го дишна донесуваат одлуки и креираат п р е т п лата од политики и стратегии. претседател на Управен одбор на НЛБ Љубљана и претседател на Надзорен одбор на НЛБ Тутунска
претседател на Управниот одбор на EOS Group
12 месечна претплата 4.100 денари со вклучени 20% попуст
24 месечна претплата 6.100 денари со вклучени 40% попуст
COVER STORY
ДОМАШНИТЕ БИЗНИС ПОЧЕТОЦИ МЕЃУ СОНОТ И ЈАВЕТО! КАДЕ СМЕ?
АНАЛИЗА
КАКВО ФАЈДЕ ИМААТ ИЗВОЗНИТЕ КОМПАНИИ ОД ЕКОНОМСКИТЕ ПРОМОТОРИ?
COVER STORY
БАЛКАН
БЕРЗИТЕ НOСАТ НАЈГОЛЕМ ЌАР, КАМАТИТЕ НА ИСТОРИСКИ МИНИМУМ
СРБИТЕ ВО ПАНИКА! ХРВАТИТЕ ГИ КУПИЈА НАЈГОЛЕМИТЕ СРПСКИ БРЕНДОВИ
АНАЛИЗА
ЕВТИНИ ПАРИ И СЛАБА ВАЛУТАРЕЦЕПТ ЗА ПОГОЛЕМ РАСТ ИЛИ ОЧАЕН ПОТЕГ ЗА СПАС
БАЛКАН
НА ГРЧКИОТ ХАРИ ПОТЕР НЕМА ДА МУ ТРЕБА МНОГУ ЗА ДА НАПРАВИ МАГИЈА
МАГАЗИН ЗА БИЗНИС И ПОЛИТИКА
www.kapital.mk
МАГАЗИН ЗА БИЗНИС И ПОЛИТИКА
СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ
ГО ЖИВНАА ОСИГУРУВАЊЕТО НА БИЗНИСОТ
ЕВРОПА JA ЧЕКА
БРОЈ 796 ЦЕНА 100 ДЕН. | 30 ЈАНУАРИ, 2015, ПЕТОК | ГОДИНА 16
со вклучени 15% попуст
денари, заштедете
www.kapital.mk
6 месечна претплата 2.200 денари
4.100 20% БРОЈ 797 ЦЕНА 100 ДЕН. | 6 ФЕВРУАРИ, 2015, ПЕТОК | ГОДИНА 16
Во време кога квалитетната информација е најскапоцен ресурс, не дозволувајте да останете без најскапоценото. Станете и вие дел од семејството на редовни читатели на Капитал и искористете ги поволните пакети за претплата што ги подготвивме за вас.
ДОМИНО-ЕФЕКТ НА СИРИЗА
ЈАНИС ВАРУФАКИС НОВОТО ЛИЦЕ НА ГРЧКАТА КРИЗА
МАРКСИСТ КОЈ ЌЕ ГО СПАСУВА КАПИТАЛИЗМОТ
КАПИТАЛ ПРОГНОЗИРА:
ЕВРОТО И ДОЛАРОТ ЌЕ СЕ ИЗЕДНАЧАТ!
*Во цената е вклучен ддв и платена поштарина
...заеднички ја креираме додадената вредност на нашите животни проекти...
www.kapital.mk
Капитал број 815 12.06.2015
8
НАВИГАТОР
график на неделата...
Компании со најмногу кеш резерви во светот (на почеток од 2015) во млрд $
Извор: Forbes
178 90,2 Apple
Microsoft
64,4
53,6
53
Pfizer
Cisco
Пливаат во пари
П
реку седум илјади милијарди долари готовина на своите сметки имаат 5.000 најголеми компании во светот, пишува Business Insider. Предводници се американските технолошки гиганти Apple, Microsoft и Google, кои што заедно на почетокот од годинава располагале со 332 милијарди долари - од кои што најголемиот дел на сметки надвор од САД.
3 факти за...
210 412 80%
одобренија за градба се издадени во април 2015 година станови се предвидени за изградба во извештајниот период помала е превидената вредност на објектите во однос на истиот месец 2014
> БРОЈКА
10,2%
пораснало кредитирањето во април годинава споредено со истиот месец лани
светот низ медиумите... The Economist
Според заклучоците на лондонскиот магазин САД не смеат да го напуштат Блискиот Исток. Нивната анализа покажува дека не се работи само за губење на еден специфичен регион туку за порака која се испраќа и до остаток од светот. lll
Time
„Пеинкилерите“ или ублажувачите на болка според Тајм магазинот создаваат огромна зависност која станува широк општонационален проблем во САД. Експертите советуваат што построга контрола на производителите и на продавачите. lll
Der Spiegel
Психолошкиот тероризам е новата најголема опасност за светот според германскиот магазин. Нивните проценки се дека во наредниот период терористите во светот и да не направат никакви акции нивниот ефект на постојан страв меѓу луѓето веќе е постигнат. lll
South China Morning Post
МЕРС вирусот ја тресе Кина. Веќе има неколку регистрирани случаи на Блискоисточниот респираторен синдром кој се смета дека е една од поопасните болести во светот. И покрај смирувањето од страна на властите паниката кај населението е се поголема. lll
Дали Вашингтон го има пред Груевски и Заев нема да мож пишува:
Максим Ристески
С
maksim.risteski@kapital.mk
фото: МИА
о секоја следна рунда преговори со европско посредништво, само се покажува колку се длабоко вкопани одамна познатите црвени линии на Груевски и на Заев. Според неофицијалните информации од завчерашната бриселска средба, множеството исцртано со црвената линија
на Груевски се проширило - премиерот наводно нудел сe во замена за што подолго останување на чело на Владата, но, повторно сe со цел да не направи пресек со множеството на Заев, во кое има само еден елемент - Груевски треба да си оди што побрзо зашто со него како премиер невозможно е да се подготват фер и демократски избори. За фрустрациите на еврокомесарот Јоханес Хан доволно кажува неговиот „твит“ напишан по дванаесетчасовната средба на 10 јуни: „Многу сум разочаран од недостатокот на одговорност + лидерство од страна
www.kapital.mk
Капитал број 815 12.06.2015
9
проценки... > БРОЈКА
Џек Ма
oсновач и сопственик на Али Баба
Третата светска војна ќе се случи, но таа нема да е меѓу нациите
В
0,6%
о оваа војна ние ќе работиме заедно против болеста, сиромаштијата, климатските промени, ова е нашата иднина. Интернетот и различните платформи навистина ќе предизвикаат бран од глобални кофликти. Тоа сепак нема да доведе до јаз помеѓу земјите туку ќе ги натера гигантите како САД и Кина да работат заедно за да ги изгаснат јавните проблеми
пораснале цените на мало во мај годинава, објави Државниот завод за статистика
ВЕСТИ...
Се намалува производството на струја
П
длогот кој жат да го одбијат? на некои“. Ова „некои“, во мерката во која што може да се препознае на кого се однесува од оние што седат на заедничка маса во преговорите, е проблем само по себе, што „некоја“ од страните сериозно ја деградира.
Но, суштината е дека досегашниот пристап на Брисел не дава резултати. Очигледно кога ниту „стапот“, ниту „морковот“ на Хан не вршат работа, треба да се бара нешто друго. Кога го велат ова, сè поголем број аналитичари мислат на конкретно вклучување на Вашингтон, а извесна најава за вакво нешто дава присуството на американскиот амбасадор, Џес Бејли, на лидерските средби посредувани од Брисел.
продолжува на стр.38
роизводството и потрошувачката на електрична енергија во земјава се намалува, покажуваат податоците од последниот извештај на Регулаторната комисија за енергетика за 2014 година. Дури за 20% е намалено производството на струја од термоцентралите во однос на 2012 година, односно за 7% во однос на 2013. Намалено производство има кај „Термоелектрани“ – Битола и во ТЕ „Осломеј“, но и кај комбинарите приватни постројки.
Како што се наведува во извештајот на РКЕ, потребните количества електрична енергија за задовулување на вкупните потреби во земјава за 2014 се обезбедени до ЕЛЕМ, ТЕ-ТО, КОГЕЛ, фотонапонските централи, мали хидроцентрали, како и од увоз. Според експертите, намалувањето на производството во Македонија се должи на намалувањето на количествата јаглен, неговиот квалитет и исходот од ремонтите на централите.
Драстичен пад на прометот на берзата
В
купниот промет на Македонската берза во месец мај е намален за дури 26%, бројот на трансакции бележи пад од 30%, а пазарната капитализација има минусно салдо од 6%. Податоците покажуваат дека прометот на тргување со акции е намален за 32% во однос на април, додека со обврзници за 32,9%. Според месечниот извештај, индексот МБИ10 достигнал 1 651,57 индексни поени, што претставува пад од 2,84%, додека индексот ОМБ
достигна 127,51. Изминатиот месец најтргувани биле акциите на Комерцијална Банка, Алаклоид, НЛБ Тутунска Банка-Скопје, додека најголем пораст бележи цената на акцијата на „Бетон Скопје“ и тоа за 58%, по која следат Фустеларко Борец од Битола и РЖ Услуги. Акции со најголем пад на цената се Димко Митрев од Велес, Тутунски комбинат Прилеп и Лотарија на Македонија Скопје.
www.kapital.mk
Капитал број 815 12.06.2015
10 НАВИГАТОР
ИЗЈАВА НА неделата
Цените на млекото паднаа н
> БРОЈКА
23%
е намален извозот во првите четири месеци годинава во споредба со истиот период лани
Џеб Буш
американски претседателски кандидат од редовите на Републиканската партија
победник на неделата
Доколку станам претседател на САД, мојата земја ќе го интензивира одговорот на агресијата на рускиот претседател Владимир Путин, особено во Украина и на истокот на Европа.Путин мора однапред да знае дека неговите акции ќе наидат на последици
З
големеното производство на млеко и намалувањето на побарувачката од Кина ги намалија цените на млекото на петгодишен минимум. Така цените на млекото сега се дури 40% пониски од рекордната цена на млекото регистрирана во февруари 2014 година. Според американското Министерство за земјоделие во текот на 2015 година светското производство на млеко и сирење ќе се зголеми до рекордни вредности. Фармерите во Европа го зголемуваат
Политички нокаут за
Папа Франциск
+
Папата Франциск на кошевскиот стадион во Сараево дојдоа да го видат над шеесет и пет илјади луѓе, првенствено со католичка вероисповед, од чии редови беа и оние кои претходните месец-два му приговараа зошто за својата посета на Босна и Херцеговина не избрал град што, според нив, би бил подобар репрезент на црквата чиј поглавар е. Но, по неговото заминување од Сараево, не само што нема приговори, туку напротив, одушевувањето од папата меѓу Босанците е неподелено, без разлика на етничката и конфесионалната припадност, па, дури и на тоа дали се верници или не. Папата Франциск, макар на еден ден, додека престојуваше во главниот град на БиХ, направи оваа држава што тешко се опоравува од „стравотиите на страдањето, на убиствата, на прогонствата и на разурнувањата“, да изгледа како најнормална, па, дури и на светот најсреќна, како што напишаа одредени сведоци на настанот. Освен што ги посрами политичарите-домаќини возејќи се од ареодромот во автомобил, од кој, како што пишуваа медиумите, би се посрамил и просечен босански градоначалник, папата во Сараево на истите им го даде и рецептот за заздравување на земјата: „Мирот како божји дар не е магија, туку реален подвиг на човекот да се помири со Бога, и така да стане вистински миротворец“, порача понтифот.
П пишува :
Александар Јанев
aleksandar.janev@kapital.mk
Политичката нестабилност силно удри врз бизнис секторот. Последните статистички податоци за април годинава покажуваат дека извозот во април се намалил за дури 24,1%. За периодот од четири месеци од почетокот на годината, падот на извозот е 11,4%. Во исто време пак, како што објавија
владини претставници, извозот од технолошко индустриските зони се зголемил за 25% споредено со истиот период лани и заклучно до мај достигнал вредност од 535 милиони евра. Ако компаниите што работат во зоните рушат извозни рекорди, тогаш колку ли лошо работат останатите извозници штом државната статистика објави таков негативен збирен податок?! Државниот завод за статистика објави дека се намалува извозот на сите видови производи. Загрижува тоа што по одделни земји, регистриран е пад на извозот кај речиси сите најголеми трговски партнери на Македонија. Само во Германија, каде што вообичаено се продаваат најголем дел од производите што се извезуваат, евидентиран е пад на извозот за 8,2%. Бизнисмените од почетокот на годината откако се заострија превирањата на политичката сцена меѓу власта и о поз ицијата и к улминир аа со масовни протести и обелоденувања н а ко м п р о м и т и р ач к и сн и м к и, предупредуваа дека пролонгирањето на кризата ќе го задуши бизнисот. Генералниот директор на Прилепска
www.kapital.mk
Капитал број 815 12.06.2015
11
на петгодишен минимум производството на млеко откако во април годинава европските власти ги укинаа производните квоти. Сега производителите на млеко во ЕУ немаат ограничување колку да произведуваат, но заради санкциите за извоз кон Русија, понудата се очекува да се зголемува. Истовремено се очекува да се зголемува и извозот на европско млеко и на пазарите надвор од ЕУ. Намалувањето на цените на млекото се чувствува и во Македонија и фармерите веќе реагираат на пониските откупни цени на млекото од страна на најголемите млекари.
мисла на неделата
> БРОЈКА
60%
од пченицата што ја троши Македонија е од увоз
Мојата најголема мисија и желба е да го победам стравот од економската неизвесност во мојата земја. Ако тоа го направам верувам дека ќе дадам пример и допринес, ова позитивно размислување да се рашири насекаде низ светот
Луиз Инацио Лула да Силва
претседател на Бразил
лидери
а извозот Последните статистички податоци за април годинава покажуваат дека извозот во април се намалил за дури 24,1%. Во исто време пак, извозот од технолошко индустриските зони се зголемил за 25%. Ако компаниите што работат во зоните рушат извозни рекорди, тогаш колку ли лошо работат останатите извозници?! пиварница, Сашо Самарџиоски оцени дека ова е една од најголемите политички кризи во земјава после конфликтот од 2001 година и сите овие настани сериозно се одразуваат врз бизнисот. „Токму кога помисливме дека светската економска криза е минато и очекувавме дека како компании ќе работиме подобро, се соочуваме со нов ризик од политичка природа на кој што мора да се адаптираме. Политичката стабилност е клучен фактор кога некоја компанија одлучува дали ќе инвестира во една земја или сепак, ќе одбере друга дестинација. Овие настани без сомнение ќе остават негативни последици врз привлекувањето на странски инвестиции бидејќи капиталот е како зајак – на првиот шум во грмушката ќе избега. Се надевам дека ќе се најде начин актуелната политичка криза што побрзо да се разреши во интерес на сите компании но и граѓани на Македонија“, изјави Самарџиоски. Никола Ветаџокоски, претседател на бордот на директори и основач на Виталиа изјави дека доколку оваа состојба потрае може да се очекува влошување на условите за работење и соочување со значаен пад на продажбата во земјата и уште повеќе во странство. “Лошите информации за политичката и безбедносна состојба во земјата веќе кружат во светот, а со тоа се донесува во прашање сигурноста на испораките. Сигурно е дека нашите купувачи веќе бараат алтернативни решенија за своите набавки. Бидејќи работиме во секторот прехрана оваа криза ќе ја почувствуваме последни. Но, останатиот дел од стопанството очекувам кризата да ја почувствува многу побргу”, рече Ветаџокоски. nnn
губитник на неделата
Лери Пејџ
Ко-основачот и извршниот директор на Google е прогласен за најдобриот извршен директор во Америка од страна на популарниот сајт за кариера Glassdoor.
Селатин Демираш
Лидерот на турската прокурдска партија освои 13% од гласовите на изборите во Турција, и за првпат оваа партија влегува во парламентот.
не им беше неделата
Стјуарт Гуливер
Британската банка HSBC, најголема во Европа, со цел намалување на трошоците одлучи да затвори 25 илјади работни места ширум светот
Виктор Понта
Со политичка одлука на романскиот Парламент премиерот беше ослободен од сериозни обвиненија, што дополнително ја заоштри политичката криза во земјата.
_
Реџеп Таип Ердоган Една слаба победа на АКП изразена со нагол пад на поддршката за скоро 10% (од 327 пратеници во 2011, до 258 сега), чија опачина се два големи порази за Реџеп Таип Ердоган ова е резултатот на во неделата одржаните парламентарни избори во Турција. Партијата на турскиот претседател овојпат не може ниту самојстојно да состави влада. Ќе мора да прави коалиција, да ја дели власта. А амбицијата да го менува Уставот на земјата за да може на Ердоган да му ја даде и де јуре извршната власт - подвиг за кој АКП требаше да освои две третини од 550 мандати во новиот парламентарен состав - веројатно сакаат што побрзо да се заборави. Турците не му поверуваа на Ердоган дека не му е целта да ги зголеми своите овластувања, туку државната власт да ја направи поефикасна. Досегашното искуство со него го научи народот во амбицијата на претседателот да препознае обид за воведување диктатура, или, како што често се повторуваше во предизборието, да се прогласи за султан. На изборите на 7 јуни Ердоган излезе и при големо неодобрување на начинот на кој АКП управува со турската економија од 800 милијарди долари. Ако економијата во земјата бележеше раст последниве десетина години, во 2014 растот на БДП изнесува 2,9%, за разлика, на пример, од 9,2% во 2010. Анкетите покажуваат дека дури 57% од Турците не одобруваат како се трошат нивните пари.
www.kapital.mk
Капитал број 815 12.06.2015
12 COVER STORY По 25 години градење пазарна економи
10
потези со кои конкуренција Македонија
Иако пред повеќе од 25 години Македонија се одлучи да гради пазарна економија, денес имаме ситуација во која економијата е заробена од бројни монополи и олигополи, а државата е најголем работодавач и инвеститор. Иако правото на слободен пазар и конкуренција е загарантирано дури и во Уставот, реалноста покажува дека конкуренцијата и претприемништвото кои се во суштината на капитализмот, ја губат битката со државниот интервенционизам. Капитал ги анализира 10- те потези со кои се уништи конкуренцијата во Македонија, и без чие средување македонската економија уште долго нема да пазарна, отворена и конкурентна економија.
www.kapital.mk
Капитал број 815 12.06.2015
13 ија државата стана најголем бизнисмен
и се уништи ата во 1. Приватизацијата и масовно 2. Партизација вработување во администрацијата и партиско 3. Неефикасно управување со јавните претпријатија
4. Неефикасна судска заштита на сопственичките права и долго 5. Скапо извршување на договорите даночен и 6. Преголеми неданочен товар врз фирмите
7. Финансиската недисцлиплина Преголема 8. сива економија на 9. Мешање државата во бизнисот 10. Субвенционирање на вработувањето во странските компании
www.kapital.mk
Капитал број 815 12.06.2015
14
COVER STORY
И
Д
Марјан Петрески
професор на Американ Колеџ
ржавата е се уште високоатрактивен работодавец, нејзиното вмешување во пазарната економија преку разни форми на субвенции е се` поголемо особено во последно време, единствено таа финансира стартапи и иновации и слично. Притоа, тешко е да се каже дали е тоа така затоа што државата сака да ја контролира пазарната економија, или таа се позиционира на места каде што пазарната иницијатива отсуствува.
П
Биљана Здравковска Стојчевска biljana.zdravkovska@kapital.mk
Поминаа повеќе од 25 години откако Македонија официјално раскрсти со социјализмот и планската економија и одлучи тој систем да го смени со либералниот капитализам и да гради пазарна економија. До каде сме денес и колку Македонија успеа да изгради пазарна економија? Иако ова прашање навидум изгледа обемно и сложено, ако одговорот го бараме преку призмата на трите столба на кои почива либералниот капитализам се приватната сопственост, слободниот пазар и владеењето на правото, тогаш е повеќе од едноставно. Ако тргнеме од последното, односно дека ако нема владеење на правото, нема ниту либерален капитализам. Денешната ситуација во која државата се и секаде, во која државата е најголем инвеститор и најголем вработувач, води сметка за секој аспект од бизнисот и економијата, поддржува монополи и ја уништува конкуренцијата, покажува дека сме многу далеку од либералниот капитализам, односно од економија која почива на слободната конкуренција. Напротив, во изминативе три децении државата беше таа што директно или индиректно ја уништ уваше конкуренцијата. И ден денес македонската економија е заробена во монополи и олигополи, заради кои влезот на многу пазари е законски ограничен и ѓаволски тежок, а излегувањето
Бранко Азески
претседател на Стопанската комора
уште потешко. Затоа фирмите и граѓаните се уште плаќаат високи цени за неквалитетни услуги и производи, пристапот до парите е тежок, трошоците за водење бизнис се се поголеми, бизнис регулативата е толку сложена и често се менува што премногу ги гуши сите почетници во бизнисот, даночните и другите давачки секоја година стануваат се поголеми, а успехот во бизнисот се сведува дали ги имаш потребните врски со локалните или државни политички моќници кои можат да ти даваат тендери, да те спасуваат од даночните закони, да те заштитат од конкуренцијата. Еве да тргнеме од ова што ни се случува денеска. Многу важна вест во сите медиуми е дебатата која ќе се води дали треба регресот за годишен одмор или т.н. К-15 да се укине или да продолжи со мали измени да се исплаќа. Доколку би имале вистинска пазарна економија тогаш државата не би смеела ниту да посмили со закон да се меша во односите помеѓу работодавците и вработените, а не, пак, да им наметнува да плаќаат екстра трошоци, како што лани им ја наметна законската обврска да плаќаат К-15 за секој вработен. Типичниот македонски поглед на претприемништвото и за луѓето кои влегуваат во бизнис и се обогатуваат е дека тие се богатат на грбот на работниците, ги експлоатираат, ги тераат да работат долго за мали плати, додека газдите го извлекуваат профитот и се дават во пари. Ова е уште еден дефект од непостоењето на слободен пазар и конкуренција. Бидејќи сето ова е можно и го има само во ортачкиот (crony) капитализам кој се практикува со години во Македонија, во успехот во бизнисот зависи од врските со власта, а кој е далеку од либералниот капитализам во кој постои конкуренција заради која ваквите работи се невозможни да се случуваат или да траат долго. Сосема друго прашање е колку за овие две и пол децении Македонија успеа да изгради пазарна економија и слободни пазари. Професорот на Американ Колеџ, Марјан Петрески вели дека е комплексно да се одговори прашањето колку Македонија успеала да изгради пазарна економија. “ Ако пазарната економија ја сфатиме пошироко од слободен пазар, во мисла на
маме сериозни реакции од компаниите дека со влезот на странските инвестиции во слободните економски зони има процес на преземање на готови и обучени кадри, кои за тоа добиваат субвенции од државниот буџет. Нема никаква логика да се субвенционира вработување на готов кадар кој се презема од друга компанија. Со тоа компаниите наaдвор од зоните се ставени во нерамноправна положба и се нарушува конкуренцијата. Условите мора да бидат еднакви за сите. слобода да се стане претприемач, слобода се инвестира, слобода да се остварува профит, тогаш ние де јуре имаме пазарна економија. Но, дали де факто успеавме во градењето пазарна економија, не сум убеден. Од една страна, тоа беше и е компромитирано од некои уверувања дека ризик не треба да се презема, дека работа треба да се чека, а не да се бара, дека најдобро е ако се работи во јавната администрација и слично. Од друга страна, улогата на државата се прилагоди на ваквиот општествен склоп, така што државата е се уште високо-атрактивен работодавец, нејзиното вмешување во пазарната економија преку разни форми на субвенции е се` поголемо особено во последно време, единствено таа финансира стартапи и иновации и слично. Притоа, тешко е да се каже дали е тоа така затоа што државата сака да ја контролира пазарната економија, или таа се позиционира на места каде што пазарната иницијатива отсуствува. Повеќето во Македонија би рекле дека е второто”,смета Петрески. Бранко Азески, претседател на Стопанската комора вели дека кога оценуваме колку Македонија успеала да изгради пазарна економија, не треба да се занемарува фактот дека тргнавме да градиме капитализам со многу ниска економска основа и со многу мало искуство. “Оттука, треба да бидеме задоволни со фактот дека денес по 25 години над 70% од извозот од Македонија е кон пребирливиот европски пазар и дека имаме компании кои успеваат да ги продаваат своите производи на над 30 пазари. Но, треба да бидеме и објективни и да признаеме дека уште многу да се направи за да бидеме вистинска пазарна економија”, вели Азески. Повеќето експерти се согласуваат дека во овие 25 години беа направени многу проекти, чекори и политики со кои се уништи конкуренцијата и чија цена ја плаќаме и ќе ја плаќаме уште долги години преку слабата и неконкурентна економија која не отвора нови работни места. Капитал ги анализира 10- те потези со кои се уништи конкуренцијата во Македонија, и без чие средување македонската економија уште долго нема да пазарна, отворена и конкурентна економија.
Петрески: Државата е се уште високо атрактивен работодавец
www.kapital.mk
Капитал број 815 12.06.2015
15 Слободниот пазар и конкуренцијата ги гарантира и Уставот, но не и државата
П
равото на слободен пазар и конкуренција е дури загарантирано и во Уставот на државата. Така во членот 55 стои дека “Се гарантира слободата на пазарот и претприемништвото. Републиката обезбедува еднаква правна положба на сите субјекти на пазарот. Републиката презема мерки против монополската положба и монополското однесување на пазарот. Слободата на пазарот и претприемништвото можат да се ограничат со закон единствено заради одбраната на Републиката, зачувувањето на природата, животната средина или здравјето на луѓето”. Но, и покрај оваа јасна одредба во Уставот, македонската економија и ден денес е заробена од еден куп монополи и олигополи, кои речиси без исклучок добиваат поддршка и заштита од државата. Некои пазари формално се либерализираа и отворија за конкуренција, но фактички постојат еден куп законски пречки за влез на пазарот од други фирми. Либерализацијата на пазарот на електрична енергија кој требаше да стартува за сите фирми на почетокот на 2015 година беше одложен со образложение дека ќе го наруши стандардот на граѓаните, но од ЕУ отворено предупредија дека либерализацијата се одложува за да се продолжи монополската позиција на големите играчи на енергетскиот пазар. На пазарот на снабдувањето со гас и топлинска енергија и понатаму доминираат поединечни снабдувачи. Железницата, водоводот и поштенските услуги се исто така под управување на државните претпријатија без
1.
Приватизацијата
Ако се тргне да се бара празлото за нарушената конкуренција тогаш то а д е ф и н и т и в н о е п р о ц е сот н а приватизација. Најголем дел од дотогаш општествените фирми, посебно големите, беа приватизирани преку менаџерски откуп, односно им беа дадени на откуп на тогашните успешни директори, практично без плаќање на реални пари, туку преку банкарски кредити за кои фирмите беа ставени под хипотека. Овој процес во голема мера резултираше во концентрација на фирмите, посебно оние најголемите, кај мал број на луѓе кои благодарение на блиските врски со политичките структури на власт се стекнаа со моќ да влијаат врз пазарната економија и врз политичките процеси. Преку политичките врски тие фирми успеваа да излобираат затворање на
најава за нивна либерализација. Планираната либерализација на пазарот за осигурување на моторни возила беше одложена за да се заштити осигурителната индустрија. Сегашното законодавство, кое го овластува Министерството за финансии да одреди премии за осигурување на моторни возила, не е во согласност со acquis-то на ЕУ и ја спречува конкуренцијата во најголемиот дел на осигурителниот пазар.
пазарот во кој работат за конкуренција што секако беше во нивна корист и што им носеше големи профити. Овие процеси трае прилично долго и влијаеа системски да се ограничува конкуренцијата и влезот на пазарот за други фирми. Ретки се фирмите во кои менаџментот вложуваше во преструктуирање и развој на фирмата и кои и ден денес работат успешно и во услови на отворен пазар. Дел од големите капацитети со политичка одлука беа расцепкани и приватизирани како посебни фирми, со што во стар беше уништена нивната конкурентност, бидејќи беа предвидени да работат како еден заокружен производствен процес. Според некои неофицијални информации со процесот на приватизација се уништени над 800 фирми од кои без работа останале околу 20 илјади луѓе.
и масовно 2.Партизација вработување во
администрацијата
Партизацијата на јавната администрација и масовното вработување во државните институции се исто така меѓу клучните политики со кои се уништува конкуренцијата во економијата и слободниот пазар во Македонија. Секојдневната пракса на создавање на нови работни места на социјална или политичка основа вештачки го зголемува јавниот сервис, го поткопува начелото на заслуги и ја прави администрацијата неефикасна и скапа, што од друга страна е се поголем товар за бизнисот и граѓаните, кои ем повеќе плаќаат, ем се принидени да користат лоши и неефикасни услуги. Во Македонија денес никој не знае ниту
www.kapital.mk
Капитал број 815 12.06.2015
16
COVER STORY
колкав е бројот на луѓе кои се вработени во јавната администрација, бидејќи таа бројка власта ја крие како деловна тајна. Според некои неофицијални информации во јавната администрација се вработени над 170 илјади лица, а за нивните плати од буџетот годишно се двојат околу 400 милиони евра, што е близу 15% од еден годишен буџет на државата. “Вработените во приватниот сектор во Македонија на грб носат и 265 илјади невработени и околу 300.000 пензионери. Пластично кажано, секој вработен во приватниот сектор на грб носи по еден пензионер и пола административец. А вработениот во приватниот сектор има просечна плата од 21.000 денари, за 18,5% пониска од просечната плата во јавната администрација. Оттука, се поставува прашањето кој кому служи”, вели Ацевска. Ситуацијата што ја има денес во Македонија, а што е реткост за било која друга земја во светот, во која платите во јавната администрација се повисоки во споредба со платите во приватниот сектор, ја прави државата поконкурентен работодавач, па така се поголем број луѓе главна амбиција им е да се вработат во државна институција. Во таа битка приватните фирми ја губат битката со државата. Самиот факт кој го потврдуваат и од власта, дека има луѓе кои земаат плата, а не одат на работа, што според постојниот закони е кривично дел, покажува дека овој сектор е надвор од сите критериуми и стандарди кои важат за останатиот дел од економијата.
3.Неефикасно и партиско управување
со јавните претпријатија
Јавните претпријатија и денес исто како и пред две децении ги имаат истите проблеми-работат неефикасно, со загуби кои ги покрива државата, со огромна превработеност и со масовна партизација. Државните фирми во Македонија и ден денес се еден вид на мали оази на социјализмот јавните претпријатија функционираат или како вештачки монополи или пак претставуваат нелојална конкуренција за приватните алтернативи (пр. ЈСП). Тие се потполно неефикасни и се голем трошок за реалната економија, бидејќи нивните производи и услуги се многу скапи и неквалитетни. Економската теорија вели дека на долг рок ова ги чини граѓаните повисоки реални трошоци за пониско квалитетна услуга и отежнување на раѓање на иновативни решенија во национализираните сегменти. Тие се потполно неефикасни и се голем трошок за реалната економија, бидејќи нивните производи и услуги се многу скапи и неквалитетни. Повеќето експерти и бизнисмени се на
став дека најдобар лек за подобрување на работењето на јавните претпријатија е нивна приватизација. Ако веќе сме се одлучиле дека градиме пазарна економија, треба да сфатиме дека приватизацијата е conditio sine qua non (услов без кој несе може).
еден договор, што е далеку подолг период во споредба со Европа каде договорите се исполнуваат во просек за 448 дена. Извршувањето на договорите, пак, чини дури 28,8% од вредноста на спорот, од што најголемиот дел отпаѓа на трошоци за адвокати.
Преголеми Неефикасна 6. даночен и 4.на судска заштита неданочен товар сопственичките права
Заштитата на приватната сопственост и сопственичките права е основа на секоја конкурентна и развиена економија, без која не може да има ниту економски раст, ниту инвестиции, ниту иновации...Неефикасното и партизирано судство во Македонија е проблем кој создава огромна несигурност кај приватните инвеститори. Токму ваквата ситуација е причина која ги одвраќа оние кои имаат пари да ги инвестираат во бизнис во Македонија. Во изминатите десетина години медиумите пишуваа за безброј судбини на луѓе кои решиле да влезат во некој бизнис или да купат некоја фирма, а подоцна не можеле да си ги остварат основните права кои произлегуваат од сопственоста. Во 2014 година, Фрејзер Институтот кој го објавува Извештајот за економска слобода во светот, ја рангираше Македонија на 80-то место на листата која го изразува квалитетот на правниот систем и сопственичките права во земјите од светот. Овој резултат покажува дека во земјата постои релативно слаб квалитет на оваа базична капиталистичка институција. За споредба, голем дел од земјите во потесното окружување обезбедуваат поквалитетен правен систем и подобра заштита на сопственоста од Македонија
5.
Скапо и долго извршување на договорите
Спроведувањето на договорите e една од најпроблематичните точки во работењето на приватни компании во земјава со години наназад. Правните постапки кои фирмите треба да ги покренат во случај другата договорна страна одлучи да не ги почитува и исполнува обврските се многу долги и скапи. На тој начин системот како да ги штити на оние кои не ги почитуваат обврските од склучените договори и многу често заради неефикасниот судски систем ваквите спорови завршуваат заглавени со години во судските лавиринти. На тој начин се уништени многу фирми кои чекајќи фер и праведна судска разрешница отишле во стечај. А завршувањето на договорите е еден од основните принципи на кои пазарната економија. Податоците од Извештајот Doing Business покажуваат дека во Македонија во просек се потребни 604 дена за извршување на
врз фирмите
Иако даноците во Македонија се релативно ниски, сепак вкупниот товар кој го плаќаат фирмите по основ на даночни и неданочни давачки кон државата, како и по основ на казни кои ги наплаќаат даночните инспекции е многу висок. Според Стопанската комора во Македонија овие неданочни давачки секоја година се се поголеми, а во делот на тоа кој се може да пропишува и наметнува давачки на фирмите на централно и локално ниво, владее тотален хаос. Бизнисмените преку Комората сега бараат да се направи посебен регистар во кој ќе се евидентираат сите давачки, како прв чекор кон нивно укинување и намалување. Уште еден сегмент во кој се уништуваат конкурентноста на фирмите се високите трошоци за работаната сила. Во Македонија со години е заглавена во контрадикторната ситуација, работниците се жалат на ниските плати, а работодавците на високите давачки, што заедно резултира со високи стапки на невработеност и на сива економија. Последните измени со кои од секој хонорар мора да се издвои над 30% за државата уште повеќе ги зголоеми трошоците на фирмите.
7.Финансиската недисцлиплина
Проблемот со неликвидноста помеѓу компаниите во Македонија влече корени уште многу одамна. Не постои официјален податок за тоа колкава е внатрешната задолженост во земјава, но факт е дека долговите помеѓу фирмите секоја година стануваат се поголеми. Ако треба да се бараат почетоците на овој проблем, тоа секако е во толерирањето на финансиската дисциплина од страна на државните институции, односно можноста плаќањето на обврските неказнето да се влече со месеци, па и со години. Минатата година беше донесен Законот за финансиска дисциплина со цел да се стави ред во плаќањето, но рокот за законски дозволено плаќање на обврските се постави на неприфатливо долги 120 дена, а тој закон не важи и за државата која и понатаму може со закон да си должи колку сака. И во ситуација на економска криза, кога обемот на работа и онака е намален, многу фирми токму заради овој аминуван од државата хаос во плаќањата, во услови на целосно неефикасен судски систем и во услови на отежнат пристап до банкарските кредити
Устав на РМ: Се гарантира слободата на пазарот и претприемништвото
www.kapital.mk
Капитал број 815 12.06.2015
17
15
претпријатија во Македонија се во целосна државна сопственост
85% 13%
е учеството на јавниот сектор во вкупните ресурси на економијата
од производите во потрошувачката кошница се со регулирани цени од страна на државата
многу фирми се доведоа до банкрот. Оние фирми, пак, кои без никаква санкција не си ги плаќаа обврските и си го чуваа кешот, можеа за многу евтини пари да ги купат така системски истоштените фирми.
8.
Преголема сива економија
Иако нема официјални податоци колку навистина изнесува сивата економија во Македонија, неофицијалните податоци велат дека над 30% од економските активности се одвиваат надвор од официјалните текови. Преголемите давачки кои ги зголемуваат и онака високите трошоци за работење на фирмите ги тераат дел од нив да работат во илегала во обид да се спасат од банкот. Со тоа системот ги толерира и кога не ги плаќаат сите давачки ги прави нелојална конкуренција на другите фирми кои одлучиле да работат легално. Целата умешност на намалување на сивата економија е да се направи даночен систем во на фирмите ќе им биде финансиски поисплатливо да водат легална економија, отколку да работат на црно. Тоа значи пониски даноци и давачки за фирмите, но
и помалку пари за трошење на државата. Тоа пак е во директен конфликт со целита на државата да биде најгоолем работодавач и главен носител на економскиот раст.
на државата во 9.Мешање бизнисот
Еден од најбрзите и докажано најефикасни инструменти да се уништи слободната конкуренција на пазарот е мешање на државата преку преголема регулација, селективно давање на субвенции и сл. Во последниот Извештај на Европската комисија за Македонија се вели дека државата има големо влијание врз конкурентноста на економијата. “Има широк спектар на инструменти и политики преку кои Владата сè повеќе има влијание врз конкурентноста на економијата, како и врз конкурентноста на различните сектори и компании, како што се директни субвенции и даночни ослободувања, особено за странските инвеститори, инспекции и казни за фирмите на лице место, присилно одложување на договори за плаќање, јавни гаранции за
кредити за државни претпријатија, јавни инфраструктурни проекти и активни програми за пазарот на труд. Влезот на пазарот се уште е многу обременет со потребата фирмите да обезбедуваат лиценци и дозволи за отпочнување на бизнис , а процедурите за излез од бизнисот во случај на несолвентност или стечај е се уште премногу скапа и долга. Она што е загрижувачко е што ова влијание на државата врз економијата секоја година расте, наместо да се намалува, па така денес имаме ситуација во која од државните институции мора да се добие еден куп лиценци, дозволи и одобренија за да се отпочне и работи некој бизнис.
нирање на 10.Субвенциостранските компании
Субвенционирањето на странските компании е практика која ја користат многу земји за да ги привлечат и убедат странските компании да го инвестираат нивниот капитал во земјата. И тоа е метод кој се покажал дека дава резултати. Но, овие субвенции мора да се даваат со јасни и транспарентни критериуми и на начин со кој нема да предизвика нарушување на пазарот. Во Македонија е деловна тајна колку пари и какви се субвенции добиваат странските компании. Но, она што е недозволиво е да се субвенционираат странски компании кои ќе можат производите произведени во зоните да ги продаваат и на домашниот пазар, иако е законски пропишано дека ќе се субвенционира само производство наменето за извоз, со што директно им се создава нелојална конкуренција на компаниите кои работат надвор од зоните, а ги плаќаат сите давачки и даноци кон државата. Уште една работа со која се нарушува конкуренцијата е субвенционирањето на странските компании за вработувања на готови кадри. Од Стопанската комора на Македонија реагираат дека давањето на субвенции за нови вработувања има логика ако странските фирми вработат лица од листата на невработени, кои се без искуство и кои треба дополнително да ги вработуваат. Давањето на субвенции од буџетот во случај кога странските компании преземаат готови и обучени кадри од компаниите кои работат надвор од зоните е директно рушење на конкуренцијата на пазарот, велат од Стопанската комора на Македонија. nnn
www.kapital.mk
Капитал број 815 12.06.2015
18
Капитално
Клиентела
Биљана Здравковска Стојчевска biljana.zdravkovska@kapital.mk
Политичкиот клиентелизам кој во Македонија се практикува веќе толку вулгарно и кој го има јавнато целиот систем е клучната причина заради која сите други развојни процеси се закочени. Сега е вистинско време како општество да покажеме дали и колку имаме свест и капацитет да ставиме крај на овој политички систем кој ја држи земјата во заложништво премногу долго. Ако се остане по старо, на оние кои не сакаат да бидат клиентела на политичките патрони им останува само една опција – да се развиваат и напредуваат во некое друго општество во кое луѓето се создадени еднакви и каде секој има еднакви права на живот, слобода и потрага по среќа.
В
Во текот на педесеттите години од минатиот век, еден италијански благородник кој бил кандидат за градоначалник на Неапол, во предизборниот период на граѓаните им давал по еден нов лев чевел со ветување дека ако го направат „вистинскиот избор“ на изборите, тој ќе им го даде и десниот нов чевел. Па така оние кои ќе гласале за него си добивале по еден пар нови чевли. На овој начин, благодарение на богатството кое го имал тој повеќе пати победувал на изборите и си обезбедувал апсолутна политичка моќ. Ова е вистинита приказна која на многу сликовит начин покажува како во пракса функционирал политичкиот клиентелизам во феудалниот систем. Овој начин на поткупување на гласачите за да си обезбедат политичка поддршка и лојалност во Македонија денес е толку длабоко вкоренет, што веќе станува самоодржлив. За многу гласачи тоа е единствено рационална причина да излезат да гласаат. Со таа разлика што денес политичките моќници наместо чевли, даваат партиски вработувања во државни институции, големи државни тендери, пари за реклами, субвенции... “Превработеноста во државните институции често преполнети со лојални партиски следбеници наместо со компетентни администратори, нееднаквиот третман на индивидуите пред институциите, судовите, што е од фундаментално значење за демократијата, како и политичките притисоци врз медиумите, особено врз јавниот сервис,
не само што доведоа до тековната криза, туку уште повеќе. Направија секој македонски граѓанин, даночен обврзник да биде жртва на клиентелистичко и партиско однесување на државните институции“. Оваа неодамнешна изјава на германската амбасадорка во Македонија е можеби една од најсилните и најточни дијагнози за ситуацијата во која е заглавена Македонија со години наназад. Но, за жал оваа дијагноза ретко или воопшто ја слушаме од домашните политички лидери. Или барем не слушаме јасно и гласно ветување дека ако дојде на власт ќе ја прекине оваа практика на поткупување на македонските гласачи. А тука лежи клучот на сите економски и политички проблеми и кризи со кои одвреме-навреме се соочува Македонија. Политичкиот клиентелизам кој во Македонија се практикува веќе толку вулгарно и кој го има јавнато целиот систем е клучната причина заради која сите други развојни процеси се закочени. Основа на клиентелизмот е да ги држи луѓето зависни, со многу ветувања кои патроните или политичките моќници им ги даваат на своите клиенти или политички поданици како награда за нивниот глас. И како по правило патрон- клиент односите најдобро функционираат во држави со големи економски проблеми, со голема невработеност, каде што преовладува несигурност, па така патроните се наметнуваат како единствен избор на клиентите кои можат да им обезбеди сигурност и заштита, која никој друг не може да му ја обезбеди. Така патроните кои имаат контрола врз ресурсите и моќта, ги обезбедуваат своите клиенти со незаслужени привилегии, на пример работа во јавниот сектор, јавни услуги, субвенции или привилегирани бизнис услови, за кои подоцна клиентите треба да возвратат преку работење за патроните во текот на изборите односно зајакнувајќи ги нивниот престиж и репутацијата, треба да гласаат за партијата и да мобилизираат нови гласачи. Во Македонија сите досегашни политички и изборни процеси имале клиентелистички
www.kapital.mk
Капитал број 815 12.06.2015
Капитално
19
Ако треба од некаде да се почне тогаш тоа е промена на изборниот модел со кој би се прекинало досегашното клиентелистичко назначување на лица на партиските предизборни гласачки листи, чија единствена и најголема заслуга што се нашле на таа листа е што ветиле дека ќе и бидат лојални и верни на партијата која ги ставила на таа листа. За таа нивна верност и лојалност тие и нивните семејства ќе бидат добро наградени. карактер. Она што е пострашно што ваквите практики во Македонија не се ниту забранети, ниту пак се сметаат за нечесни. Напротив, во Македонија тоа е веќе толку длабоко вкоренето и станато нормален начин на размислување и за многу луѓе единствен начин да се мотивира и да гласа. Членовите и поддржувачите на политичките партии, слично како и во социјализмот, се уште имаат очекувања дека партијата ќе ги вработи во јавниот сектор или дека ќе им обезбеди други привилегии. Оние пак кои се надвор од овој систем патронклиент остануваат надвор од мрежата на наградување и многу тешко може да просперираат во таков систем. Двете страни имаат своја корист од оваа коалиција, што ја прави на некој начин самоодржлива. Но, овие практики имаат поразителен ефект за сите процеси во општеството. Бидејќи патроните ја злоупотребуваат својата административна и политичка моќ за тесни партиски интереси, а клиентите понатаму се зависни од волјата и интересот на патронот. Пострашната порака која им се праќа на луѓето е дека не мораат за ништо да се борат или натпреваруваат, доволно е само да станат член на некоја партија и да гласаат за неа на избори и ќе имаат патрон кој ќе се погрижи да добијат работа, унапредување,
покачување... И така стигаме до нашата реалност во која политичката партија со државни пари купува политичка поддршка, односно гласови на избори. Тоа е своевидна системска корупција која а е прифатена од двете страни и заради тоа ќе биде многу тешко да се искорени. Клиентелизмот во политиката мора да престане. Ако треба дури и тоа да биде пропишано и забрането со закон. Можеби не е демократски и ги нарушува правата и слободите на поединецот, но во оваа фаза на развој во која се наоѓаме, можеби треба да се размисли да се воведе дури и некој вид законска забрана државните службеници, посебно оние на раководни позиции да бидат членови на политички партии. Ако треба од некаде да се почне тогаш тоа е промена на изборниот модел со кој би се прекинало досегашното клиентелистичко назначување на лица на партиските предизборни гласачки листи, чија единствена и најголема заслуга што се нашле на таа листа е што ветиле дека ќе и бидат лојални и верни на партијата која ги ставила на таа листа. За таа нивна верност и лојалност тие и нивните семејства ќе бидат добро наградени. Прашањето е дали во Македонија има
доволно голема самосвесна критична маса која ќе успее да ја согледа штетата од овој систем кој функционира толку долго? Дали има политички лидери со доволно голема политичка волја да стават крај на овој начин на корумпирање на гласачите?Политичари кои ќе имаат храброст на своите гласачи уште во предизборниот период да им каже да не се надеваат дека партијата во која се членови и за која гласаат ќе им обезбеди вработување? Сега е вистинско време како општество да покажеме дали и колку имаме свест и капацитет да развиеме механизми на одговорност кои би требале да ги штитат јавните интереси. Доколку овие механизми не се развијат, Македонија и понатаму ќе остане заробена држава од страна на политичките и бизнис моќници, во која основниот темел на кој ќе се градат сите идни политики ќе биде општата депресија, недостатокот на позитивни политички промени и реформи, и недостаток на верба во подобра иднина. Оттука, на оние кои не сакаат да бидат клиентела на политичките патрони им останува само една опција – да се развиваат и напредуваат во некое друго општество во кое луѓето се создадени еднакви и каде секој има еднакви права на живот, слобода и потрага по среќа. nnn
Капитал број 815 12.06.2015
20
www.kapital.mk
инвестиции
Политичката бура го нарушува инв
Странските инвеститори се премислуваат одбираат други з
Политичката бура на која што не и се прогнозира брз крај, го наруши инвеститорскиот рај кој што Владата со години им го нудеше на странците ширум светот. Тоа го покажуваат бројките според кои што само во првиот квартал од годината, приливот на странски инвестиции се намали за 36,4% споредено со истиот
период лани, но за влошената бизнис клима сведочат и самите инвеститори. Многу од нив се воздржуваат да донесат одлука да изградат фабрики овде и нивните планови се одложени на неодредено време. Министерот за странски инвестиции Веле Самак и гувернерот Димитар Богов признаваат дека политичката
www.kapital.mk
Капитал број 815 12.06.2015
21
вестицискиот рај
36,4% 55,3
ти земји!
помало е салдото на странски инвестиции во првиот квартал од годинава споредено со истиот период лани
милиони евра повлекле од земјава странските инвеститори како дивиденди за три месеци годинава
Кај проекти во порана фаза има одолговлекувања, откажување на некои посети, или ненадејна наклонетост кон други земји. Имајќи предвид дека проект од една компанија доаѓа еднаш на 3-5 години, ваков пропуст може да има голем негативен ефект за Македонија
Веле Самак
министер за странски инвестиции
нестабилност ги натерала дел од инвеститорите да се премислат за Македонија и да одберат други земји. Според тоа, аналитичарите оценуваат дека речиси неверојатно е да се остварат проекциите на Народната банка за прилив на околу 400 милиони евра странски директни инвестиции годинава.
www.kapital.mk
Капитал број 815 12.06.2015
22
инвестиции
П
Џон Јоновски
инвестициски советник
олитичката криза го наруши амбиентот за инвестирање во Македонија и тоа се гледа и во првичните бројки за приливот на странски инвестиции.. Од разговорите со заинтересираните инвеститори знам дека засега нивните планови се на чекање така што допрва ќе се види колку негативно ќе се одразат овие настани врз инвестициите. Мислам дека ќе ни треба многу време за да ја вратиме довербата и стабилноста во деловната околина што ја градевме со години.
П пишува :
Александар Јанев
aleksandar.janev@kapital.mk
Политичката бура на која што не и се прогнозира брз крај, го наруши инвеститорскиот рај кој што Владата со години им го нудеше на странците ширум светот. Тоа го покажуваат бројките според кои што само во првиот квартал од годината, приливот на странски инвестиции се намали за 36,4% споредено со истиот период лани, но за влошената бизнис клима сведочат и самите инвеститори. Многу од нив се воздржуваат да донесат одлука да изградат фабрики овде и нивните планови се одложени на неодредено време. Според тоа, аналитичарите оценуваат дека речиси неверојатно е да се остварат проекциите на Народната банка за прилив на околу 400 милиони евра странски директни инвестиции годинава. „Политичката криза го наруши амбиентот за инвестирање во Македонија и тоа се гледа и во првичните бројки за приливот на странски инвестиции. Немирите во Куманово дополнително го зголемија и безбедносниот ризик и лично знам дека после тоа се откажуваа најавени посети на странци во Македонија. Целата неизвесност ја влоши перцепцијата за деловната клима и тоа секако ќе има негативни ефекти врз динамиката на инвестирање. Од разговорите со заинтересираните инвеститори знам дека засега нивните планови се на чекање така што допрва ќе се види колку негативно ќе се одразат овие настани врз инвестициите. Мислам дека ќе ни треба многу време за
да ја вратиме довербата и стабилноста во деловната околина што ја градевме со години“, коментира инвестицискиот советник, Џон Јоновски. Од Германската стопанска комора велат дека по појавувањето на политичката криза во земјава, некои од германските инвеститори што веќе работа овде се обратиле до нивната канцеларија загрижени за развојот на настаните. „Некои од инвеститорите што имаа планови да инвестираат дополнително и да го прошират бизнисот во Македонија, се прашуваат дали е сега време за таков потег бидејќи се загрижени за стабилноста на земјата. Ние како Германска стопанска комора се обидуваме објективно да ги информираме што се случува, да ги убедиме да не се откажуваат од своите планови за Македонија и да им дадеме поддршка при донесувањето на одлуките“, велат од Германската стопанска комора во Македонија. Од комората велат дека во последните месец – два нема ниту една најава за нова германска инвестиција. Министерот задолжен за привлекување на странски инвестиции, Веле Самак, вели дека од разговорите со потенцијалните странски инвеститори во изминатиот период, тие постојано му потенцирале дека „за мала земја како Македонија, политичката стабилност и очекувањата се примат во одлучувањето“. „Поголемите земји го имаат луксузот тоа да не биде единствен фактор. Сведоци сме минатиов месец на многу негативна слика за Македонија во странските медиуми, иако сите може да најдеме субјективност во нивните извештаи, но тоа е реалноста. Во отсуство на официјални информации и ставови во тие медиуми, вакуумот за жал се пополнува со најнеповолна слика за Македонија. Фирмите бараат постојано и често објаснување на ситуацијата која ја читаат во медиумите, само за да се вратиме на онаа слика од пред неколку месеци кога уживавме долга историја на стабилност. Менаџерите за странски проекти чувствуваат притисок од нивните шефови, а особено од нивните клиенти, да споделат што повеќе информации за
З
Џатин Такрар
извршен директор на Џонсон Мети
а нас е важно да работиме во што е можно постабилна околина. Засега нема директен ефект врз нашиот бизнис и според тоа, се држиме до бизнис планот за годинава.
каква е и каква ќе биде состојбата во Македонија“, вели Самак. Тој признава дека политичката криза остава последици врз инвестициската активност. „Забележуваме кај проекти во порана фаза дека има одолговлекувања, откажување на некои посети, или ненадејна наклонетост кон други земји. Имајќи предвид дека проект од една компанија доаѓа еднаш на 3-5 години, ваков пропуст може да има голем негативен ефект за Македонија. Од друга страна, пак, на пример, американската компанија Леар со која работиме веќе 2 години неодамна официјално го објави својот проект од 16 милиони евра и над 2.000 вработувања за Тетово и Гостивар. Тие се загрижени и ја следат ситуацијата, но се одлучни во инвестицијата“, вели Самак. Загрижен за последиците од политичката криза врз економските активност е и гувернерот на Народната банка, Димитар Богов. Тој исто така вели дека до него стигнуваат најави дека некои инвеститори се премислуваат па дури и се определуваат да инвестираат во други земји. „Јас имам некои индивидуални најави од ваму и од таму, дека некои се премислуваат, некои се двоумат и од домашните и од странски инвеститори, дали да ги реализираат своите инвестиции или да почекаат да видат како ќе се реши ситуацијата. Некои од нив веќе дури и се премислиле и се определиле за други дестинации. Преку индикаторите коишто се расположливи сè уште не го гледаме тоа, веројатно веќе во јули ќе ги имаме првите сигнали дали политичката ситуација влијае на тие економски движења“, изјави гувернерот Богов. Дел од странските инвеститори што отворија фабрики во земјава коментираат дека засега не чувствуваат негативни последици од политичката криза, меѓутоа, очекуваат брзо надминување на проблемите. „За нас е важно да работиме во што е можно постабилна околина. Засега нема директен ефект врз нашиот бизнис и според тоа, се држиме до бизнис планот за годинава“, коментира Џатин Такрар,
Германска комора: Нашите инвеститори во Македонија се
www.kapital.mk
Капитал број 815 12.06.2015
23 извршен директор на Џонсон Мети. Генералниот директор на турската компанија Џевахир Холдинг, Есер Џевахир, вели дека изградбата на кулите продолжува според планираната динамика, но нема информации дали други турски инвеститори ги ревидирале плановите за инвестирање во Македонија поради политичката криза. Тој оценува дека за нив најбитни се економските параметри на земјата.
Странците одлеваат пари од земјава
Странските инвеститори одлеале 55,3 милиони евра како дивидени во првиот квартал од годинава, покажуваат најновите податоци на Народната банка. Најголем дел од оваа сума, односно речиси 45 милиони евра биле повлечени во март, во екот на политичките превирања меѓу власта и опозицијата. Сепак, приливите поголеми и доволно да ги покријат одливите, така што на нето основа салдото на странски инвестиции заклучно со март изнесува 69,1 милиони евра. Овие податоци покажуваат дека и од почетокот на годинава продолжува истиот тренд од лани, кога странците извлекоа дури 281,8 милиони евра надвор од земјата во вид на исплатена дивиденда кон матичните компании во странство. Податоците за зачестени одливи на капитал од Македонија во вид на дивиденди според економистите се симптом дека странците перципираат влошени услови за водење бизнис овде. Австрискиот амбасадор во Македонија, Томас Михаел Бајер, неодамна изјави дека довербата во погодната инвестициска клима некако се намалува, а за тоа биле информирани и властите при билатералните средби и владините роуд-шоуа. „Треба да има стабилност во донесувањето на законската основа за инвестиции и да не се менуваат законите или нивната интерпретација. Финансиската, а особено правната сигурност треба да се зајакне. Правната рамка што се однесува на основата на инвестициите, законите за даноци, специјалните привилегии за инвеститорите од една страна, и правната ситуација, ако работите тргнат лошо и мора да одите на суд. Овие две работи треба да се подобрат“, изјави Бајер. Тој истакна дека Австрија е втора по ред земја по број на инвестиции во Македонија и е задоволен од досегашниот исход затоа што како што вели нивните инвестиции создаваат работни места. „Но ние не сме многу среќни со брзината на донесување на нови инвеститори, а за тоа се разбира причините се спомнати во извештајот за напредокот од Европската
комисија“, оцени Бајер. И германската амбасадорка во Македонија, Кристине Алтхаузер исто така истакна дека предвидливоста на законската рамка, политичката и макроекономска стабилност, вклучувајќи ги честите и рапидни промени на закони и регулативи кои се важни за компаниите. „Намалување на административните процедури и законски оптоварувања, потоа континуирана борба против корупцијата и зголемување на напорите за владеење на правото. Забрзување на реформите во јавната администрација со цел да се подобри спроведувањето на регулативите и многу важно, исто така е подобрување на образовниот систем кој би создал високо квалитетна специјализирана работна сила со адекватно знаење и вештини за модерниот пазар на труд“, изјави Алтхаузер.
Владата најавува нови инвестиции
Министерот задолжен за привлекување на странски инвестиции, Веле Самак, вели дека од сопственото искуство до сега, темпото на инвестирање годинава ќе биде слично како и лани. „Годишните проекции од Министерството за финансии се базирани на поширока макро слика каде може да влијаат многу фактори. Јас сум повеќе фокусиран на специфични проекти, и она што го гледам од мојата работа и од работата на колегите е дека имаме динамика слична на минатогодишната за нови странски инвестиции. Тоа подразбира слично темпо на нови потенцијални проекти, на донесување одлуки за Македонија, и се разбира на губење на проекти преку откажување, одложување или одлука за друга земја“, вели Самак. Тој објаснува дека до средината на мај скоро секоја недела – две, Владата добивала најава на нова инвестиција или пак отворање на нова фабрика или камен темелник. Како доказ за тоа, Самак ги наведува компаниите Антхура во Кочани која почнала со работа и над 100 вработени, Маркарт во новата фабрика во Караслари со над 100 вработени каде што веќе имало и ревизија и проверка од Мерцедес. Самак најавува дека Леар брзо ги почнува активностите на терен и неколку други фирми, како Гентерм, КСС и ОДВ веќе вработуваат и тренираат луѓе. „Од сите овие проекти очекуваме да има нови 1.500 вработени до крај на годината. За нови фирми, имаме веќе неколку кои се потврдени од колегите и треба во секој момент да се објават. Затоа сум уверен во динамиката на досегашната работа со проекти во понапредна фаза“, оценува Самак. nnn
е загрижени за стабилноста на земјата
Капитал број 815 12.06.2015
24
www.kapital.mk
Капитал анализа
И пазарот на недвижности ја чека разврската на п
Цените на недвижн почнаа да растат. Дали инвеститорит бараат сигурна оаз
Предвидување: Доколку продолжи нестабилнос
www.kapital.mk
политичата криза
ности
те за?!
Капитал број 815 12.06.2015
25
Г
Ванчо Чифлиганец Адора Инжинеринг
раѓаните знаат дека наместо во банките, каде има ниски каматни стапки за чување на девизните заштеди, многу е подобро парите да ги инвестираат во купување недвижности, чија вредност постојано расте, становите може да се издаваат под закуп, што на сопствениците континуирано им носи прилив на пари и го претвора вложувањето во купување стан и деловен простор во најцврста валута и најсигурна инвестиција за иднината.
Иако засега статистиката покажува позитивен тренд на пораст на цените на недвижностите бизнисмените и експертите предупредуваат дека одолговлекувањето на политичката и безбедносна криза нема да му годи на бизнисот со недвижности. Мислењата се поделени околу тоа дали за време на криза е паметно да се чува кеш или да се вложува во недвижности, но едно е сигурно ако веќе се вложува треба да се бираат најквалитетните недвижности.
Н пишува
Дејан Азески
dejan.azeski@kapital.mk
Народната банка регистрираше мал раст на цените на становите . Според официјалните статистички податоци во Македонија може да се забележи раст на цените за два отсто на годишно, односно за 1,5 % на квартално ниво. Бизнисмените и експертите сметаат дека станува збор за размрдување на пазарот на недвижности предизвикано од намалените каматни стапки на станбените кредити, а делумно и од проектот „Купи куќа, купи стан“.И од НБМ признаваат дека најверојатно трендот е од привремен карактер и дека нема позначајни разлики во понудата и побарувачката на станови. Сепак постојат и такви кои сметаат дека политичката и економската криза намерно ги тера граѓаните да инвестираат во тврди валути како недвижностите како не многу
профитабилен но секако најсигурен начин за заштита на сопствениот капитал. На сето ова може да се додаде и фактот дека овие статистики се од периодот јануари –март 2015 кога се уште политичката и економска криза не беа влезени во нивната поразвиена фаза.
Каква е состојбата на теренот?
„Без разлика дали е криза или не луѓето имаат потреба од недвижнини. Плус треба да се знае дека становите и куќите се имот кој многу тешко губи од својата вредност во било какви услови што значи дека и тоа ги охрабрува луѓето да инвестираат. Веројатно затоа и цените растат. Полека но сигурно добрите недвижности секогаш ќе добиваат на цена“ вели Лиле Карафиловска сопственик на агенција за недвижности кај која се обративме за да го испитаме трендот на статистички раст на цената на недвижностите во услови на криза. И самите градежници потврдуваат дека движење на пазарот на недвижности сепак има, а цените ако не се качуваат нагоре тогаш сигурно не паѓаат надолу. Генералниот директор на Адора Инжинеринг Ванчо Чифлиганец ваквите факти ги потврди и со конретни податоци. „Во Адора инженеринг од почетокот на годинава досега се продадени 120 станови, што е на слично ниво како продажбата во првите пет месеци во 2014-та, што е потврда за константно големата побарувачка на станови во овој градежен бренд. Цената на становите на Адора инженеринг е непроменета, на исто ниво како и досега и покрај тоа што со порастот на курсот
ста пазарот на недвижности ќе претрпи промени
www.kapital.mk
Капитал број 815 12.06.2015
26
Капитал анализа
Б
ез разлика дали е криза или не луѓето имаат потреба од недвижнини. Плус треба да се знае дека становите и куќите се имот кој многу тешко губи од својата вредност во било какви услови што значи дека и тоа ги охрабрува луѓето да инвестираат. Веројатно затоа и цените растат. Полека но Лиле Карафиловска сигурно добрите недвижности сопственик на агенција секогаш ќе добиваат на цена. за недвижности
на американскиот долар, цените на градежните материјали и услуги растат, што ги зголемува трошоците за градба.“ Сепак сите претставници на овој бизнис не се уедначени во своите ставови и од бизнис аспект различно ги доживуваат превирањата во Македонија. Ваквите песимистички ставови доминираат особено кога се работи за средно и долгорочни пронози. Оливер Димитровски од агенцијата за недвижности New Way вели дека без разлика на тоа што го вели статистика на пазарот владее стагнација и застој кој се очекува да продолжи и во наредните месеци, ако нешто во држава не се промени на подобро. „Вака како што е работава кешот испаѓа
Б
Оливер Димитровски агенција за недвижности New Way
најдобра инвестиција. Кој го има љубоморно го чува и одложува било какво вложување. Ние работиме и со бројни странци и странски компании и не можеме да ги обвиниме што го одложуваат евентуалното инвестирање во Македонија. Веројатно и ние би го направиле истото. Подобри не се ниту домашните инвеститори барем кога станува збор за објекти и станови од средна и висока класа со какви што ние најмногу работиме“ Поради ваквото негово искуство од Димитровски побаравме објаснување од типот „на што тогаш се должи статистичкиот раст на цената на недвижностите?“ На што добивме интересно размислување. „Факт е дека нагло намалените каматни стапки на станбените кредити од пред
ез разлика на тоа што го вели статистика на пазарот владее стагнација и застој кој се очекува да продолжи и во наредните месеци, ако нешто во држава не се промени на подобро.Вака како што е работава кешот испаѓа најдобра инвестиција. Кој го има љубоморно го чува и одложува било какво вложување.
неколку месеци го раздвижија пазарот на недвижности пред официјалниот почеток на кризата во која се наоѓаме денес. Тогаш работата се раздвижи, а и статистиката тоа го потврди. Што значи дека минималниот раст на цените се должи на тоа зголемување. Сега мислам дека единствено што ја одржува позитивната статистика е репрограмирањето на старите станбени кредити со високи каматни стапки на овие со ниски. Инаку на теренот реално раздвижување на побарувачката и на цените во моментов нема “
Во економска криза се вложува во станови, но дали тоа важи и за политичка криза?
Ова не е прв пат Македонија и регионот да се соочуваат со политичка и економска
Во регионот цените на становите
Н
еодамна опширна анализа за состојбата на пазарот со недвижности на Балканот објави најголемата новинска агенција во регионотбелградски Танјуг. Според нивните истражувања: поради зголемената понуда, намалена побарувачка, но и поради лошата макроекономска ситуација, цените на недвижнините на Балканот незадржливо паѓаат. Новинарите на Танјут како дел од главните причини за неповолната ситуација на пазарот на недвижности ги наведуваат: отежнатото одобрување на станбени кредити како резултат на зголемената претпазливост на банките кои се поучени од претходните искуства, но и поради малиот број на бонитетни клиенти и проекти. Според нивните податоци: Просечна цена на квадрат станбена површина во Црна
Експерти: Во време на криза не треба да се ч
www.kapital.mk
Капитал број 815 12.06.2015
27 нестабилност. Само во последниве дваесет години во најблиската околина и внатре во Македонија имаше три поголеми воени судири. Еве како луѓето од секторот градежништво се сеќаваат на тие периоди. „Прво што се случи во годините на распадот на Југославија беше масовната продажба на становите на србите во Скопје и во Охрид. Тие можеби и не чувствуваа некоја закана за својот капитал во Македонија но едноставно во моментот имаа страшна потреба од тие пари и со таа нагла продажба ги сурнисаа цените на недвижностите кај нас. Потребни беа долги години за сето ова да се стабилизира. Само неколку години подоцна за време на косовската криза луѓето плашејќи се од прелевање на истата во Македонија го запреа целосното купување и продавање на станови што повторно се одрази негативно на цената. Кога кризата навистина се прелеа во 2001 масовно македонците ги продаваа становите во Дебар, Гостивар, Тетово, Чаир и слично што повторно негативно се одрази на цената на становите. “ вака на бизнисот со недвижнини се сеќава еден наш градежник кој целата кариера ја поминал градејќи и продавајќи станови. Според него граѓаните се длабоко свесни дека во економска криза парите се најбезбедни во недвижностите кои кога тогаш повторно ќе ја добијат својата вредност, но вели дека тоа не може да го
тврди и за политичката криза. „На запад многумина профитираа од економската криза така што купија недвижности за ниски цени бидејќи беа свесни дека нивната вредност кога тогаш повторно ќе порасне. Но кај нас кризите се малку од поинаков тип. Навистина многу тешко е да натераш човек кој стравува за својата безбедност, да размислува претприемачки и да инвестира во нешто што евентуално би му вратило пари после пет или десет години. Нас во генот ние да чуваме кеш бидејќи нашите предци така и преживеале многу тешки ситуации. Затоа врз база на сето ова очекувам кризата ако досега не се одразила да се одрази врз продажбата и цената на недвижностите “ вели тој. Поголем оптимизам дава мислењето на Ванчо Чифлиганец кој врз база на големо искуство во бизнисот посочува дека во време на политичка и економска криза слободни парични средства не се чуваат. „Во Адора инженеринг нудиме европски квалитет на становите, без разлика на локацијата и објектот, преку стандардизирана и сертифицирана градба, што на купувачите им гарантира дека добиваат недвижност со трајна вредност, во што според анализите и искуствата е најдобро и најсигурно да се вложат пари, посебно во време на политичка и економска криза, кога не се практикува многу чување на слободни парични средства“ вели Чифлиганец. nnn
незадржливо паѓаат Гора е 1.050 евра. Во Будва квадрат чини 1.550 евра, во Подгорица цените се движат околу 1.050 евра, во Бар пак квадрат чини просечно 1.060 евра, а во Никшиќ 570 евра. За споредба просечната плата изнесува 482 евра. Според официјалната статистика, минатата година е продаден 761 стан во новоградба, а само во Подгорица 626 стана. Цената на квадрат во Сараево, се движи од околу 613 до 2.045 евра, зависно од локацијата, а просечната плата во БиХ изнесува 423 евра. Во Хрватска продажбата на станови од 2008 година се намали за две третини, а цената бележи пад од 35 проценти. Во Загреб, просечната цена на метар квадратен изнесува 1.400 евра, иако во центарот на градот не паѓа под 6.000 евра. Просечната плата во Хрватска е 720 евра и е секогаш помала од просечната цена на метар квадратен станбена површина.
Во Белград пак цената на становите во последните пет години е намалена за 40 проценти. Купувачи има се помалку, а и изградбата на станови е стагнирана, Просечната плата во Србија е 350 евра. Најмногу станови се продаваат во поширокиот центар, во населбите Миријево, Жарково и приградски населби како што е Борча, каде што цените по квадрат се од 800 до 1.000 евра. Во строгиот центар, цената зависи од квалитетот и се движи од 1.500 до 1.800 евра за квадрат, а новоградбата и до 2.100 евра. За Македонија во анализата на Танјуг стои дека само во Скопје секоја година се градат од 2.500 до 4.500 станови, а се продаваат во просек по 2.500 станови. Цената на метар квадратен, според нивната анализа е од 750 до 1.250 евра и се очекува пад. Во Македонија, просечна цена на квадрат е од 900 до 1.100 евра, додека просечната плата е 355 евра.
чуваат ќеш пари
!"# " $%& #' ( ( ) ! $! ( * + " , - #
Капитал број 815 12.06.2015
38
www.kapital.mk
политика
Хан се разочара што никој не загриза на морковот, нит
Дали Вашингтон го има предлогот кој Груевски нема да можат да го од
Колку и да се шири множеството исртано со црвената линија на Груевски, прем да не се направи пресек со множеството на Заев во кое има само еден елемент оди што побрзо зашто со него како премиер невозможно е да се подготват фер досегашниот пристап на Брисел не ветува дека може да издејствува пробив во кои се зборува се конкретно вклучување на Вашингтон. Особено зашто неуспе продабочи кризата, а упатените предупредуваат и на безбедносни ризици
СДСМ: Ова ќе трае. Ќе зависи од развојот на
www.kapital.mk
ту го заболе стапот
а и Заев дбијат?
миерот внимава никако т - Груевски треба да си р и демократски избори. А о преговорите. Опциите за ехот на преговорите ќе ја
Капитал број 815 12.06.2015
39
Останавме на ставовите кои не се само наши“ - Заев очекува ЕУ да препознае кој брани европски вредности
Албанскиот естаблишмент-фактор се обедини, и впечатокот е, се дефакторизира изминативе месеци пишува:
Максим Ристески
maksim.risteski@kapital.mk
фото: МИА
О
продолжува од стр.9
на за што може понатаму да се преговара, ако Груевски завчера го прифатил концептот што произлегува од синтагмата транзициски период, односно, прифатил да прави компромиси околу владата што би ги организирала изборите, е кога (колку време пред изборите) актуелниот премиер своето место (во Владата) би го препуштил, за
да се намалат неговите можности да си создаде изборна предност користејќи го „несоодветното одвојување на партиските од државните интереси што е спротивно на меѓународни обврски за демократски избори“, како што пишува во извештајот на ОБСЕ/ОДИХР за изборите одржани во 2014 година. Неофицијално, во Брисел Груевски прифатил три месеци пред изборите да се повлече од премиерската позиција, а Заев оценил дека тоа е многу мал период за да се смени сè она поради што опозицијата не ги признава ланските избори, односно, не е во Парламентот. Тука некаде се вклопува уште еден „твит“ на Хан, напишан по погорецитираниот, кој вели: „Граѓаните (на Македонија, н.з.) заслужуваат
а политичката и безбедносната ситуација
www.kapital.mk
Капитал број 815 12.06.2015
40
политика
подобро: демократија, владеење на правото и европската иднина. Ние нема да се откажеме!".
Значи ли немањето договор и нова безбедносна криза?
Несомнено, неуспехот на разговорите во Брисел (и каде и да продолжат) ќе ја продлабочи кризата. Заев два дена по средбата во резиденцијата на Делегацијата на ЕУ во Скопје, на која беше договорено предвремени избори да има во април 2016 година, изјави дека „ако нема договор (за преодна влада, н.з.), нам не ни бегаат вонинституционалните активности“. Извори од СДСМ дадоа попластично објаснување на оваа изјава на Заев, велејќи дека тука се подразбира целосен бојкот - без задршка. Висок извор од партијата вели дека понатамошните случувања ќе зависат од развојот на политичката, но, и на безбедносната ситуација во земјата. Во делот на безбедноста кулисата ја прават кумановските настани за кои контроверзите не престануваат. Дека и во Брисел не исклучуваат нови безбедносни компликации јасно е од најавите од пред две недели, дека во Европската служба за надворешни работи се размислува и за Специјален претставник на Европската унија за Македонија, со мандат да посредува во решавање на политичката криза, но и во превенирањето од создавање безбедносна криза по кумановските настани. Министерството за внатрешни работи пред неколку дена предупреди дека се можни одмазнички акции и киднапирања на негови раководители, од страна на терористички групи поврзани со кумановската. Во дел од јавноста има реакции и за сеалбанскиот протест што движењето Беса го закажа за утре (сабота). Се смета дека е индикативен тајмингот за моноетнички протест (со оглед на актуелната ситуација). Протестот номинално е насочен против Владата на премиерот Никола Груевски, поради „партизацијата на државата, злоупотребата на институциите, неуспехот во интегративниот пат, и антиалбанскиот пристап, како и за истрага и осуда на сите криминални дела на инкриминираните политичари“. Во најголем дел ова се совпаѓа со причините поради кои десетици илјади граѓани, меѓу кои и многу Албанци (и од други етнички заедници - за да се потенцира единството симболичното беа врзувани
Поради неуспешни преговори под шаторот на ЕУ, шаторите пред Владата и Собранието деновиве издржаа бура, а камперите не сакаат да се печат и на августовското сонце
македонското и албанското знаме, со знамиња на другите националности во Македонија), протестираа пред Владата на 17 мај. Но, акцентот во иницијативата на Беса е ставен на барања со кои не се визираат Груевски и Владата како цел на наведените обвинувања, туку и самиот Охридски рамковен договор се прогласува за потрошен. Беса бара „нов договор за редефинирање на Македонија како заедничка консензуална држава на Албанците и на Македонците“, воведување на „албанскиот јазик како официјален на целата територија на Република Македонија“, и „правична распределба на државниот буџет“. Порачува само до Албанците - „да ги оставиме зад нас групните, партиските и другите интереси, и да се сплотиме во одбрана на албанскиот интерес во Македонија“. Овде не може да се превидат и безбедносните импликации што би можеле да настанат по објавувањето на „бомбата“ на Заев за убиството кај Смилковско езеро, односно, за случајот Монструм. Знаеме дека поводите за протести што досега ги даваше овој случај ги злоупотребуваа фактори на кои никако не им беше цел да извршат притисок за судот и другите инволвирани институции да внимаваат како ја делат правдата. Неуспехот на разговорите со меѓународно посредништво, и според професорот и прв министер за надворешни работи на Македонија, Денко Малески, (кој во јавноста се
смета за близок до опозицијата), ќе значи не само продлабочување на кризата, туку и опасност од безбедносни проблеми.
Транзициска влада веќе е факт - борбата е за контрола врз изборниот процес
Според висок извор од СДСМ, шансите се мали да се направи пробив во преговорите, во смисла, нешто суштински да се помести. „Сè досега беше козметика. Датум за избори не е голема работа, бидејќи секоја страна би сакала да има избори повторно, да се добие легитимитетот повторно. Прашањето е кој ќе спроведе избори. Ова е важно и за двете страни. Дали истиве луѓе, дали со мала измена, или сосем нови луѓе. Шансите за договор не се големи, зашто разликите меѓу двете страни се сè уште големи, пред сè околу кадровскиот состав на идната преодна влада“, вели нашиот извор. Тој смета дека процесот ќе трае. „Не можам да кажам колку. Ќе зависи и од развојот на политичката и безбедносната ситуација на терен, вклучување евентуално некои други луѓе во преговорите - не знам какви им се намерите на големите сили“, вели изворот, навраќајќи се на можните безбедносни ризици што би произлегле од неуспехот на преговорите. Тој смета дека постои извесно расположение за „некаква транзициска структура, која може да се нарече и влада“, но, оти секој сака да има контрола врз изборниот
Груевски: Заев дојде во Брисел за да не се договори
www.kapital.mk
Капитал број 815 12.06.2015
42
политика
процес. „Владејачката структура не сака да го испушти тоа, зашто знаеме каде лежи причината за добивање на изборите последниве 4-5 години. Оваа структура на чело со премиерот има два мотиви да не отстапува. Прво, тие знаат како добиваат избори од 2011 наваму, односно, дека ако има демократска атмосфера нивните шанси се мали. Затоа ги прават сите овие затворања на медиуми, изборна корупција, плаќање „комуиде“ - од субвенции, до вработувања во администрација. А втората точка е дека после сè што е објавено, иако не е докажано, има индиции дека нивната алтернатива на долг рок е затвор“. Нашиот извор смета дека Груевски нема да отстапи од своите позиции во преговорите, што значи дека истите ќе потраат, но, интересно е што во овој брифинг личноста од СДСМ со која разговаравме индицираше дека евентуалниот пад на Груевски би можел да трае и неколку години. „Груевски е лично засегнат. Тој е рационален човек, неговиот влог е личен, тој не дејстува во име на партијата. Затоа се плаши. Јас не гледам дека има простор да отстапи, зашто ќе биде прва жртва на утрешните процеси, и не може да размислува утре да биде лидер на опозицијата или пратеник. Тој може дури и да ги добие изборите утрезадутре, во 2016, 2017, но, кај и да е, пак ќе треба да си замине. Утре ако сакаме да влеземе во ЕУ ќе ни ги постават тие крупни коруптивни случаи за решавање, на пример, за огромните суми пари за мито, за провизија. Ќе речат - без судско решавање на тие случаи вие не можете ниту да претендирате. Значи, тој може во меѓувреме пак да биде премиер. Но, случаите ќе стојат, и после 10-15 години ќе му ги стават „на нос“. Песимизам во случај и на евентуален договор за крај на кризата меѓу Груевски и Заев, јавно изрази заменикпретседателот на СДСМ, Радмила Шекеринска, во емисијата „360 степени“ на Алсат-М. „Не сум наивна дека ќе добиеме договор од кој ќе бидеме воодушевени. Опозицијата може да си постави 1001 прашање - ако правиме техничка влада, ако правиме
За што подолго да остане „транзициски“ премиер, Груевски во Брисел наводно на Заев му понудил и три клучни ресори во Владата, па дури и заедно (Груевски и Заев) да бидат (ко)премиери
преодна влада, кој ќе биде соодносот на силите во таа преодна влада? Колку министерства ќе има ВМРО-ДПМНЕ, а колку СДСМ? Предлогот нормален што би бил на маса е врз база на тоа колку имаме пратеници во Собранието. Нашата теза што се покажа како 100% точна е дека резултатите што го одредија соодносот на силите во Парламентот се добиени со криминални избори“, изјави Шекеринска. Кажаното најавува заедничка влада како можно решение. Нашиот погоре цитиран извор вели дека еден модалитет на ваков предлог, иако му се припишува на Али Ахмети, всушност е идеја на ВМРО-ДПМНЕ: „Тоа не е предлог на Ахмети, туку на Груевски. Ахмети само формално го читаше на една од лидерските средби во Клубот на пратениците, а сега тоа други луѓе, од ВМРО-ДПМНЕ, го предложиле и пред Хан во Скопје. Со став - ние сменивме двајца клучни соработници на премиерот, сега да даде опозицијата уште тројца-четворица министри, и со таканаречена широка реконструкција да се затвори кризата“, вели изворот, кој повторува дека ова Заев нема да го прифати, поради став дека влијанието
на Груевски од позиција на премиер е пресудно за да нема кооперативност за промени кај другите личности/инситуции кои е пресудно да „транзитираат“. Друг модалитет на заедничка влада исцртуваат црвените линии на Заев - транзициска влада без Груевски. Лидерот на СДСМ во неколу изјави дадени во пресрет на 10 јуни појасни што е максимумот што би го прифатил како решение за владата што би ги организирала изборите. „Ние ќе инсистираме таа преодна, транзициска влада, да биде без Груевски. Може да биде целосно експертска, може да биде и политичка, композитна влада, од сите партии во Парламентот, може да биде предводена дури и од член на ВМРО-ДПМНЕ, но не од гарнитурата која е целосно инкриминирана. Но, никако од Никола Груевски, кој е прв и најодговорен за таа инкриминација“, изјави Заев во интервју за Кирилица, а во друга пригода дополни дека „секој предлог и кое било име кое не е веќе инкриминирано од доказите и аргументите кои ги споделуваме (со „бомбите“, н.з.) е вредно за разговор (како решение за премиер, н.з.)“. nnn
Капитал број 815 12.06.2015
44
www.kapital.mk
Капитал анализа
Што ја чека Македонија со отварањето на пог
Висински скрини или нов еуфемизам од како утеха за се уш не започнатите прегово
Најавата за започнување на скрининг процес за поглавјата 23 и 24 не е никаков доколку успее да стави крај на политичката криза, ќе ги отвори преговорите за ови полноправно членство во ЕУ, велат експертите. Најавениот Специјален извештај со име за она што претходно се викаше Висок дијалог, а кој имаше за цел да не држи м во услови кога, заради проблемите околу името, Македонија не можеше да го доби за преговори. Овој пат, пак, специјалниот извештај има малку поинаква функцијаона што веќе шест години по ред го добива од Комисијата - препорака за почето покажува дека место чекор напред, Македонија е еден чекор поназад во процесот оттука прашањето- со исчекор наназад, реално ли е да очекуваме
Експерти: Морковот на Хан воопшто не е гарант дека со
www.kapital.mk
Капитал број 815 12.06.2015
M пишува:
Габриела Делова
gabriela.delova@kapital.mk
главјата 23 и 24?
инг д Брисел ште овори?
в гарант дека Македонија, ие две од 35-те „чаптери“ до о бенчмаркови е само новото мотивирани на патот кон ЕУ, ие долго- очекуваниот датум Македонија да не го загуби ок на преговори. Тоа јасно от на асоцијација кон ЕУ. Па е напредок?
Морковот кој го понуди еврокомесарот за добрососедство и проширување Јоханес Хан како замена за стапот, ако така може да се нарече булдожер дипломатијата која ја спроведе ЕУ, силно поддржана и од САД, за да ги седне на иста маса лидерите на најголемите политички партии во земјава, со цел надминување на политичката криза, силно одекна во јавноста и даде надеж дека конечно, Македонија, доколку излезе од кризата, може да го добие долго очекуваниот датум за преговори, кој како препорака од Европската комисија го добива шеста година по ред, но поради спорот за името со Грција, Советот никако да го одреди. Надеж во таа насока дава и изјавата на вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими дадена за Алсат телевизија, а според која експертски тим ангажиран од Комисијата веќе во изминатите недели биле во специјална мисија во Македонија, и ги скенирал најважните области од овие две поглавја. Но, ако се суди составот на специјалната мисија- познатиот евродипломат, Рајнхард Прибе, поранешен државен обвинител на Ирска и поранешен шеф на одделот за борба против мафијата на Италија, повеќе од јасно е дека станува збор за скенирање на многу проблематичните прашања за наводите за криминалите и корупцијата објавени од двете страни, и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, а кои пред се клучни во надминувањето на политичката криза, отколку за процес кој би претходел за отворање на преговорите. Оттука логично се поставува прашањето, што навистина се крие позади најавениот скрининг, за поглавјата 23 и 24, кои од пред неколку години, станаа „алфа и омега“ во преговорите со ЕУ? Ако Македонија, поради политичката криза е чекор наназад, место чекор напред, во асоцијацијата кон ЕУ, реално ли е да очекуваме напредок и датум за преговори?
Демократски пробив не се прави за десет месеци
Капитал разговараше со неколку експерти од областа на европските интеграции. Од добиените одговори се добива заклучок
45 Што бара поглавјето 23?
П
оглавјето 23 уште е повеќе политичко поглавје кое има за цел да покаже пред се дека државата е јасно одвоена од политиката
l l l l l l l l l l
реформа на правосудство антикорупциска политика независно судство интегритет на судовите и судиите непристрасност високи стандарди на пресудите финансиска независност на судиите постојан тренинг на судиите и антикорупционерите одлучна борба против корупцијата стабилност на демократските институции
Што бара поглавјето 24? l надворешни граници и шенген систем l миграција, азил, визи, l полициски стандарди, l борба против организиран криминал, борба против трговијата со луѓе, борба против тероризам l судска соработка во граѓански и кривични работи l царинска соработка дека морковот на Хан воопшто не е гарант дека доколку се стави крај на политичката криза, по изборите во април, Македонија ќе ги отвори преговорите со ЕУ. Напротив, едногласни се тие, оваа реторика на Хан е „гаснење пожар“ кој има само за цел Македонија да ја надмине политичката криза, и со тоа да не ја изгуби, веќе шеста по ред дадената препорака за датум за преговори. Дополнително велат тие, периодот од десет месеци за исполнување на така тешки реформи, кои со години не се исполниле, е премногу мал за да се очекува било каков напредок. „Со поглавјата 23 и 24 од претпристапните преговори за членство во ЕУ, кои еврокомесарот Јоханес Хан ги посочи како методологија која ќе се земе како
крајот на политичката криза, ќе се отворат преговорите
www.kapital.mk
Капитал број 815 12.06.2015
46
Капитал анализа
С Денко Малески
етот мерки што ги поставува Брисел бара носење на одлуки на парламентот- но за тоа да се случи прво треба да се помират ставовите на конфронтираните страни. Оттука според мене, во овој период од десет месеци, главен проблем многу повеќе ќе биде како да се разреши тој јазол што постои меѓу спротивставените страни, отколку да се направи некаков демократски пробив.
основа за почеток за решавање на политичката криза, Европската комисија ни обезбедува рамка за нови бенчмаркови. Но, за разлика од претходните услови, овојпат, од исполнувањето на овие неколку ударни бенчмаркови, ќе зависи дали на Македонија ќе и остане или ќе ја изгуби препораката за почеток на преговорите за членство во ЕУ“, вели Малинка Ристевска Јорданова директор на Институтот за европски политики и поранешен советник во Секретаријатот за европски прашања. Според неа, овој сет на мерки, не им е пр а в илн о из б р а н. „О в а се га е буквално гасење на пожарот, работата да се забошоти до септември. Но, нам проблемите ќе ни останат, ако Груевски остане да ја контролира Владата, односно да ја контролира администрацијата“, вели таа. Сличен е ставот и на универзитетскиот професор Денко Малески. Според него следните десет месеци се мал период за амбициозните работи кои ги бара ЕУ, но се доволни за Македонија да се врати на правиот колосек. „Она што Брисел го бара од нас е една амбициозни агенда која го оцртува патот на кој треба да се постави македонското општество. За дадениот период нешто драматично не може да се промени, но барем постои можност да се дојде до правиот колосек. Сетот мерки што ги поставува Брисел бара носење на одлуки на парламентот- но за тоа да се случи прво треба да се помират ставовите на
О Малинка Ристевска Јорданова
конфронтираните страни. Оттука според мене, во овој период од десет месеци, главен проблем многу повеќе ќе биде како да се разреши тој јазол што постои меѓу спротивставените страни, отколку да се направи некаков демократски пробив“, вели Малески.
Што значеше скрининг процесот за нашите соседи?
Со започнување на скрининг процесот паралелно оди и поставување на шеф на преговарачки тим од страна на државата за која се започнува овој процес. Тоа го покажува искуството на двете последни земји од регионот кој ги започнаа преговорите со ЕУ, Црна Гора и Србија. И кај двете држави по започнувањето на скрининг процесот, неколку месеци подоцна Советот одобрува започнување на преговорите, односно конкретен датум кога тие започнуваат. Всушност пред почетокот на отворањето на преговорите со Црна Гора, ЕУ донесе нов правилник во однос на преговорите, според кој поглавјата 23 и 24 први се отвораат, а последни се затвараат. Црна Гора скринингот на 23 и 24 поглавје го започна пред свеченото отворање на пристапни преговори, а врз основа на скринингизвештаите владата усвои амбициозен акциски план со илјадници детални мерки во областа на судството. Македонија за сега нема поставено шеф на преговарачкиот тим кој треба да ги води преговорите. Единствено стои најавата дека, откако тимовите на ЕУ ќе ги скенираат
ва сега е буквално гасење на пожарот, работата да се забошоти до септември. Но, нам проблемите ќе ни останат, ако Груевски остане да ја контролира Владата, односно да ја контролира администрацијата.
Кои се новите бенчмаркови од ЕУ? l Прочистување на
Избирачки список
l Спроведување темелна
и независна истрага за прислушувањето и содржината на разговорите
l Ефикасен изборен законик l Независен јавен обвинител l Слобода на изразување l Ефикасна контрола на УБК
клучните состојби во земјата, ќе се направат мешовити тимови од претставници од Македонија и од ЕУ, кои потоа ќе ги решаваат критичните точки важни за исполнување на Копенхашките критериуми. Според аналитичарите тимовите нема многу да работат на усогласување на законодавствата меѓу ЕУ и нашата земја, оти станува збор за прашања кои државата сама ги уредува и тука ЕУ нема право многу да се меша. Но она што ќе биде клучно од страна на македонските членови од тимот, вели Малинка Ристевска, е да се убедат претставниците од ЕУ дека со избраните модели ќе ги исполнат политичките критериуми и ќе гарантираат владеење на правото. nnn
48
Капитал број 815 12.06.2015 издава: Капитал Медиа Гроуп основан 1999 година основач: Љупчо Зиков бул. ВМРО бр.7, зграда 1, влез 1, кат 6, стан бр.31
тел. ++ 389 2 3280 910 www.kapital.mk www.facebook/KapitalMK
WWW.KAPITAL.MK
Претплатете се на КАПИТАЛ...
И
COVER STORY
ВО СЛЕДНИТЕ ДВЕ ГОДИНИ
МАКЕДОНИЈА ЌЕ СЕ ЗАДОЛЖИ СО
1,25
Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...
БРОЈ 808 | ЦЕНА 100 ДЕН. | 24 АПРИЛ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16
дејата и визијата за тоа што сакаат да направат, беше највредниот капитал кој го поседуваа луѓето што ја почнаа приказната милијарди евра за Капитал пред повеќе од 15 години. Со макотрпна и посветена работа на својот тим, магазинот се наметна како еден од најрелевантните извори на квалитетни информации во Македонија милиони евра од и регионот, значајни за приватниот, јавниот и ДОМА невладиниот сектор. Да се биде лидер на пазарот во својот сегмент е голема чест и задоволство, но и голема обврска кон сите што секоја недела нетрпеливо милиони евра од СТРАНСТВО го чекаат Капитал да ги информира за економските проблематики и актуелности, но, и да ги едуцира со своите содржини за најновите трендови. Капитал се чита во директорски канцеларии, Капитал СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ се чита во кабинети на политичари, Капитал се чита KОЈ Е КОЈ ВО ГРАДЕЖНАТА ИНДУСТРИЈА? на универзитети, институти, “тинк-тенк” центри.... ПАНИКА: БАЛКАНОТ ЌЕ СЕ ПРЕПЛАВИ СО ЕВТИНО ЕВРОПСКО МЛЕКО! едноставно Капитал е секаде кај што се со годишна донесуваат одлуки и креираат п ретплата од политики и стратегии.
590
WWW.KAPITAL.MK
660
специјален прилог - градежништво
КОЈ Е КОЈ
ВО ГРАДЕЖНАТА ИНДУСТРИЈА? НОВИОТ ГРАДЕЖЕН
НОВИТЕ СТАНОВИ
ИНДУСТРИЈАТА ЗА
КОИ ПРОИЗВОДИ
денари, заштедете
24 месечна претплата 6.100 денари со вклучени 40% попуст
WWW.KAPITAL.MK
ММФ
281,8
? во што е проблемот
И ПОКРАЈ СИТЕ ПОВОЛНОСТИ, СТРАНЦИТЕ ГИ ВАДАТ ПАРИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА
МИЛИОНИ ЕВРА ОДЛЕАНИ КАКО ДИВИДЕНДИ ЛАНИ Зошто инвеститорите лани одлучиле да го репатрираат профитот што го создавале сите претходни години?!
ХУАН ПЕДРО ХИМЕНЕЗ НАВАРО INTERVIEW директор на АрцелорМитал-Скопје СО ИНВЕСТИРАЊЕ ВО НОВИ ПРОИЗВОДИ ГИ НАДМИНАВМЕ ПРЕДИЗВИЦИТЕ ИЛОН МАСК: СУПЕР-ПРЕТПРИЕМАЧ КОЈ ПРАВИ ПАРИ СПАСУВАЈЌИ ГО СВЕТОТ
КАПИТАЛ НА ПРЕСТИЖНА КОНФЕРЕНЦИЈА ВО ВИЕНА
МАКЕДОНИЈА И ЗАПАДЕН БАЛКАН НЕ ГИ ДОВРШИЈА РЕФОРМИТЕ
АНАЛИЗА: ЏУМАЈЛИЈА ПОВТОРНО ЌЕ СЕ ДАВА ПОД КОНЦЕСИЈА
WWW.KAPITAL.MK
WWW.KAPITAL.MK
ДУРИ
STARTUP МАКЕДОНСКИ СТАРТАПИ УСПЕВААТ ДА ДОБИЈАТ ПАРИ ОД СТРАНСКИ БИЗНИС АКЦЕЛЕРАТОРИ
СЛУЧАЈ: МАКЕДОНСКИ БИЗНИС Фирмите чекаат на Господ, Директорите се крстат!
АНАЛИЗА
WWW.KAPITAL.MK
ПОЛИТИКA МОЖНО ЛИ Е НА МЕСТОТО НА ЗВРЛЕВСКИ ДА ДОЈДЕ ОБВИНИТЕЛ ОКОЛУ КОЈ ЌЕ СЕ СЛОЖАТ ГРУЕВСКИ И ЗАЕВ?
COVER STORY
МАКЕДОНСКАТА ИНДУСТРИЈА РАБОТИ СО МАШИНИ СТАРИ НАД ДВЕ ДЕЦЕНИИ
ШТО СЕ КРИЕ ЗАД НОВИТЕ БРАНУВАЊА ПОД ПОВРШИНАТА НА МЕЃУЕТНИЧКИТЕ ОДНОСИ ВО МАКЕДОНИЈА?
ЧЕТВРТА РЕГИОНАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА БИЗНИС ПЛУС ВО БЕЛГРАД
WWW.KAPITAL.MK
Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...
со вклучени 20% попуст
Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...
12 месечна претплата 4.100 денари
Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...
4.100 20%
6 месечна претплата 2.200 денари со вклучени 15% попуст
И ИНДУСТРИИ СЕ ВКЛУЧЕНИ ВО ИЗГРАДБА НА ЕДЕН СТАН?
БРОЈ 800 | ЦЕНА 100 ДЕН. | 27 ФЕВРУАРИ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16
Во време кога квалитетната информација е најскапоцен ресурс, не дозволувајте да останете без најскапоценото. Станете и вие дел од семејството на редовни читатели на Капитал и искористете ги поволните пакети за претплата што ги подготвивме за вас.
СЕ 80% МАКЕДОНСКИ ПРОИЗВОД
БРОЈ 803 | ЦЕНА 100 ДЕН. | 20 МАРТ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16
ГРАДЕЖНИ МАТЕРИЈАЛИ РАБОТИ СО ПОЛОВИЧЕН КАПАЦИТЕТ
ЧЕТВРТА РЕГИОНАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА БИЗНИС ПЛУС ВО БЕЛГРАД COVER STORY МОЖЕ ЛИ БИЗНИСОТ ДА ПИЛОТИРА ВО ПОЛИТИЧКИТЕ ТУРБУЛЕНЦИИ?
БРОЈ 803 | ЦЕНА 100 ДЕН. | 20 МАРТ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16
БУМ ЌЕ ЈА РАЗДВИЖИ ЕКОНОМИЈАТА
ПОЛИТИКА ДАЛИ ГЕРМАНИЈА НАМЕТНУВА НОВА ИГРА НА ДОВЕРБА МЕЃУ СКОПЈЕ И АТИНА?
WWW.KAPITAL.MK
INTERVIEW
ВЛАДИМИР ГЛИГОРОВ
ПРОФЕСОР НА ВИЕНСКИ ЕКОНОМСКИ ИНСТИТУТ
Македонија ќе го урне својот углед ако на политичката криза даде недемократски одговор! АНАЛИЗА
ПАЃА МАКЕДОНСКИОТ ИЗВОЗ НА БАЛКАНОТ
СЕ БОРИМЕ ЗА ИЗВОЗ ВО ДУБАИ И КАТАР, А ЗАБОРАВАМЕ НА СРБИЈА И БУГАРИЈА
ТУРЦИЈА: КАКО ДА СЕ ЗГОЛЕМAT ИЗВОЗОТ И ИНВЕСТИЦИИТЕ?
*Во цената е вклучен ддв и платена поштарина
...заеднички ја креираме додадената вредност на нашите животни проекти...
специјален прилог - ТОП ИЗВОЗНИЦИ
26 јуни 2015
Капитал број 815 12.06.2015
50
www.kapital.mk
свет бизнис и финансии
Турците ја исцртаа црвената линија
Ердоган остана, но "султан" не стана. Што ја очекува Турција? Турците препознаа дека на 7 јуни, иако на парламентарни избори, се гласаше за или против претседателот Ердоган и формално да ја сконцентрира власта во земјата кај себе, со промена на Уставот, со што, сметаа оние кои гласаа против, можеше да и се зададе последниот, фатален удар на турската демократија. Клучна за да не успее наумот на Ердоган е курдската левичарска Народна демократска партија (ХДП), на која партијата на претседателот се обиде да и парира со кандидати блиски до курдската кауза, но, беше поразена (во поглед на крајната цел - двотретинско мнозинство) на планот што ги засега сите граѓани на земјата - демократијата и правата што ја следат, каде што ХДП се наметна како нов центар за мобилизација. Ердогановата АКП иако победи, сега не може сама да состави ниту влада, а малата веројатност да се случат стабилни постизборни коалиции, најавува брзи, веќе догодина, нови предвремени парламентарни избори во Турција
Аналитичари: Незамисливо е Ердоган да се сообр
www.kapital.mk
Капитал број 815 12.06.2015
51 Турција да ги задржи исламистите и Курдите надвор од Парламентот. Овде треба да се потенцира дека партијата на Ердоган со помош на цензуот од 10%, на парламентарните избори во 2002 година, со помалку гласови отколку сега - 37% во споредба со сегашните 40,8% - доби доволно пратеници за самата да направи влада. Во 2002 година (прва победа на АКП која е формирана година порано) неколку партии не го поминаа изборниот праг, па, изборната математика нивните гласови ги префлри на контото на АКП.
Прокурдската левичарска партија што му ги помати сметките на Ердоган
Федерика Могерини и
Д пишува: Максим Ристески maksim.risteski@kapital.mk
Дека нема лидер кој ќе им одолее на дразбите на ненаситното и некритично око низ кое се гледаат работите по долготрајно останување на власт, уште еднаш се покажа на примерот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. За изборите што во Турција се одржаа на 7 јуни, тој ја постави летвичката толку високо - целта беше претворање на земјата во претседателска република, со уставни промени за кај Ердоган да се сконцентрира извршната власт - што беше спремен да го прифати ризикот дека ако ја собори (летвичката), тоа за него ќе
Јоханес Хан, охрабрени од изборниот резултат, го пофалија одзивот од 86% од запишаните избирачи, рекоа дека претставува јасен доказ за силата на демократијата во Турција, и најавија продлабочување на врските со Анкара ХДП, која ја предводи Селаетин Демиртас, понуди радикална демократска програма, и со својот пристап ги обедини сите кои не се наоѓаат во програмската понуда на АКП или на другите две партии кои влегоа во Парламентот, а се свесни што ќе се случува ако продолжи планот на Ердоган
значи можеби бавно, но сигурно одење во историјата. Како и ризикот дека на идниот претседател, кој можеби нема да и биде наклонет на ердогановата Партија на правдата и развојот (АКП), ќе му ги остави истите тотални овластувања што ги посакуваше за себе. Турците препознаа дека се работи за избори „или-или“, односно, како што предупредуваа голем број турски интелектуалци, оти 7 јуни не беше само ден кога земјата ќе го избере составот на идниот Парламент, туку, пред сè, плебисцит за воспоставување претседателска диктатура, со што, сметаа, можеше да и се зададеше последниот, фатален удар на турската демократија. Затоа на изборите резултатот е таков, што Ердоган и АКП, иако сè уште неспорно имаат најголема поддршка кај гласачите, не само што немаат двотретинско мнозинство за менување на Уставот (и за воведување претседателски систем на управување), туку немаат ниту доволно мандати за сами да состават влада. Главната причина за ова е успехот на прокурдската Народна демократска партија (ХДП), која го помина високиот цензус од 10% на изборите во Турција (со 13%). Доколу ХДП останеше под цензусот сите нејзини пратенички места ќе ги добиеше АКП, поради одредбата настаната по воениот удар од 1980 година, чија цел била тогашна кемалистичка
Ердоган сега се обиде да и парира на прокурдската партија за гласовите на Курдите на југоистокот на земјата, каде што живеат голем број припадници на оваа етничка група. АКП во овие изборни единици постави кандидати кои имаат силни врски со курдското национално движење. Кандидат (на АКП) во покраината Мардин на југоистокот на Турција, беше, на пример, Орхан Мироглу, кој претходно бил во прокурдската Партија за демократско општество (ДТП), која во времето на Ердоган, во 2009 година, е забранета од Уставниот суд поради дејствување против единството на државата. Но, турскиот претседател не можеше да парира таму каде што главно изгуби гласови од прокурдската ХДП, а тоа не е на етничкиот, туку на моментот да се биде или не за демократијата. Имено, ХДП, која ја предводи сè попопуларниот Селаетин Демиртас, понуди (за турски поим) радикална демократска програма, која, се чини, станува нов епицентар на промените што ги бара турската левица, и ги застапува маргинализираните етнички, верски и други заедници. ХДП, според турски аналитичари, е во остар контраст со ердогановата АКП. Ако карактеристиките што и ги забележуваат на политиката на Ергдоган се шовинизам, национализам, исламизам - ХДП се залага за рамноправно претставување на жените, па, дури и на ЛЏБТ популацијата и на феминистките. Практично, прокурдската партија со својот пристап ги обедини сите кои не се наоѓаат во програмската понуда на АКП или на другите две партии кои влегоа во Парламентот, а се свесни што ќе се случува ако продолжи планот на Ердоган, во кој, како што велат, веќе е обесмислен парламентарниот систем, па, дури и Владата, која ја сочинуваат „послушници на авоткратот“ - поделбата на власта постои само де јуре - судството и полицијата примаат наредби директно од претседателот. За оваа критична маса што го запре Ердоган, алармот го запалија целите што претседателот ги објави уште кога лани со апсолутно мнозинство беше избран за шеф на државата - Реџеп Таип тогаш изјави дека сака да биде силен, извршен претседател, а актуелниот Устав му дава ограничен простор за неговите амбиции и за де јуре контрола
разува со решенија на коалициска влада
www.kapital.mk
Капитал број 815 12.06.2015
52
свет бизнис и финансии
врз државата, па, нормално беше, како политички лидер со ваков профил, да тргне со цел да ја собори оваа пречка - Уставот на државата. За да успее му требаа најмалку 330 седишта во Парламентот, а тој освои 258 (од вкупно 550 во турското Собрание), кои, како што кажавме, не се доволни ниту за самостојно составување влада на АКП, за што се бараат 276 пратеници. Втор резултат на изборите освои главната опозициска Републиканска народна партија (ЦХП), со 25,1% од гласовите; третото место е на Партијата на националното движење (МХП), со 16,4%. Четврта партија што избори влез во Парламентот е прокурдската ХДП, со 13%.
l Дека Турците
сфатија оти гласаат „или-или“ за демократијата, своевиден доказ е Хусеин Топрак, кој отиде да гласа, иако два дена претходно беше тешко повреден во експлозија на митинг на прокурдската ХДП
Кога коалициите се малку веројатни, доверба за влада се бара на нови избори
„Ниту една партија не освои доволно гласови за да владее сама по изборите, па, затоа сите партии треба заедно да работат на одржувањето на атмосферата на доверба и на стабилност во земјата“, изјави претседателот Ердоган по соопштувањето на прелиминарните изборни резултати. Тој дополни дека „мислењето на нацијата е над сè“, и оти верува дека „секоја партија ќе ги оцени на здрав и реален начин резултатите според кои ниту една (од партиите) не може сама да формира влада“. Со ова Ердоган како да го најави она што следува во Турција по изборите. Можните коалиции што би собрале доволен број од мандатите за поддршка за формирање влада се сите во сферите на тешко веројатното нијансите се од тешко, до многу тешко веројатно. Меѓу втората парламентарна сила, кемалистичката Републиканска народна партија (ЦХП), и партијата на Ердоган (формално, откако Ердоган стана претседател, АКП е партија што ја води премиерот Ахмет Давутоглу), има огромни идеолошки разлики. Третата сила, Партијата на националното движење (МХП), изгледа дека најлесно би се договорила со АКП, но, од партијата на Ердоган засега изјавуваат дека и ваквата коалиција е малку веројатна, и оти во оваа ситуација очекуваат малцинска влада со краток рок, односно, предвремени парламентарни избори. И од МХП тврдат дека не размислуваат за коалиција со АКП. Селаетин Демиртас, во името на прокурдската ХДП, ја исклучи
можноста за коалицирање со Ердоган. „Тешко, невозможно е да го замислиме еден Ердоган како се сообразува со решенијата на која и да е коалициска влада“, велат и турските аналитичари. Евентуалната коалиција на сите три други парламентарни партии против АКП, тие би ја оцениле како вистинско чудо, поради отвореното непријателство меѓу националистичката МХП и прокурдската левичарска ХДП. Аналитичарите сметаат дека во вакви околности, кога е тешко, или барем рано (пред да се почека да се види дали може да се случи некое од чудата на политичките калемења) да се зборува за коалиции, треба да се има предвид и можноста да има предвремени парламентарни избори. Тие сметаат дека и да се формира некаква влада, сè укажува на тоа оти таа ќе нема долг рок, и ќе заврши со избори веќе догодина. Од друга страна, Европската унија, охрабрена од изборниот резултат во Турција, со кој се исцрта црвена линија до каде Турците трпат закани за демократијата во земјата, побара што порано да се формира
новиот состав на Парламентот и новата влада, индикативно давајќи оценка дека е време ЕУ да ги засили врските со Турција и да ја продлабочи соработката. Во заедничко соопштение, Високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Федерика Могерини, и еврокомесарот за соседска политика и проширување на ЕУ, Јоханес Хан, соопштија дека „одзивот од 86% од запишаните избирачи (во избирачкиот список), и фактот дека сите поважни политички партии добија претставници во Парламентот, претставува јасен доказ за силата на демократијата во Турција“. Упатените во турските пригоди посочуваат и дека за Ердоган сега најмал проблем може да претставува неможноста да го смени Уставот, па, дури и принуденоста да ја дели власта (со партии во коалиција). Сметаат дека ослабувањето на позициите на АКП може да значи оти веќе нема да биде спречувана парламентарната истрага за сомнежите за корупција во кругот околу Ердоган. Трите опозициски партии веќе повикаа на истрага. nnn
специјален прилог
Корпоративна општествена одговорност
19 јуни 2015
K
www.kapital.mk
Капитал број 815 12.06.2015
54
CEO Interview
Кога Полман во 2009 година ја презеде функцијата извршен директор на Unilever, тој направи неколку клучни одлуки за овој гигант, меѓу кои посветеност кон одржливоста. Тој вети дека до 2020 за половина ќе го намали влијанието врз животната средина, а истовремено ќе успее двојно да ги зголеми капацитетите на компанијата. Но, ниту една од оваа цел не е лесно да се оствари, во момент кога речиси 2 милијарди луѓе во светот секојдневно ги користат вашите производи. За да се фокусира кон овие долгорочни цели, Полман стори нешто неочекувано – уште за време на првиот работен ден, тој ги шокира акционерите откако објави дека нема повеќе да издава приходни и квартални извештаи. Исто така, тој отворено зборува дека извршниот директор на еден начин е вишок во компанијата, велејќи за „Washington Post“ дека тој е „засрамен од цифрата која ја заработува“. Инаку, таа за 2014 година изнесува 10 милиони долари.
“Помалку од 30% од луѓето се среќни со својата работа, што е поразително“
Иако некои аналитичари беа разочарани од спориот раст на компанијата, сепак репутацијата на Полман како совесен лидер зајакна. Тој за „The Post“ говори за лидерскиот стил, мотивите и неговото назначување да раководи со Unilever. “Првото прашање кое секогаш се поставува е: Што е успех? Мислам дека најважната работа е да го достигнете она што сте го зацртале. Да бидете извршен директор, само по себе не е успех. Јас не го поврзувам успехот со некоја титула или позиција која ја добивате“, вели Полман. Неговата кариера е всушност спонтана. Тој за себе вели дека никогаш не планирал во животот однапред со години. Сите места каде што живеел – 12-13 земји – и компаниите каде што работел, претставуваат сплет на околности. За тоа како одбира кадри за свои соработници и воопшто како Unilever регрутира вработени, тој го вели следново: “Светот се менува со неверојатна брзина. За секоја позиција во една компанија, вклучувајќи ја и мојата, потребно е да
Пол Полман директор на Unilever
Подобро да кревате прашина, одошто истата да ја јадете! Што имаат заедничко „Ben & Jerry’s“, „Dove“, „Hellmann’s“ и „Lipton“. Секоја од нив е меѓу 400-те брендови во сопственот на „Unilever“, англискохоландска компанија која ја води Пол Полман, правејќи профит од 48 милијарди евра само во минатата година. се работи многу напорно, секојдневно да се стекнувате со нови вештини, но исто така и да заборавете на некои кфаливикации од минатото. Ние бараме луѓе кои се флексибилни и имаат доза на љубопитност“. Полман најмалку два пати неделно се обидува да направи интервју со кандидатите за да остане блиску до тој процес и да ги увиди вредностите со кои располагаат апликантите. Најдобрата шанса за успех, според него, е доколку индивидуалните вредности се усогласени со корпоративните. “Тогаш луѓето се чувствуваат удобни и се прифатени“, вели Полман. “Помалку од 30 проценти од луѓето се среќни на своите работни места, што е една застрашувачка статистика според времето кое го поминуваме таму“.
XX Велите дека работниците често се чувствуваат како да „ставаат маска“ за да ја завршат својата работа. Дали сметате дека многу извршни директори се борат со тоа чувство? Многу компании различно ги привлекуваат луѓето и се чудите зошто е тоа така. Дали е тоа е поради платата? Најчесто не, бидејќи секој може ултимативно да ви плати она што треба да биде исплатено. Не е се’ во заработувачката, особено за новите генерации. Тие сакаат да направат разлика во живтотот, па бараат компании кои имаат јасна визија и цел. Тоа е голем предизвик за многу компании. Голем број фирми од приватниот сектор ги разочаруваат луѓето преку манипулација со стапката на работната сила и промената на девизните
Страв: ПолМАН најмногу се плаши од неможноста да
www.kapital.mk
Капитал број 815 12.06.2015
55 “Доколку работите во осигурителна компанија која продава полиси што вие не би сакале да ги продадете ниту на сопствената жена или мајка, колку би биле да работите таму?“
“Јас сум среќен, но понекогаш засрамен од висината на парите кои ги заработувам.“ “Светот се менува со неверојатна брзина. За секоја позиција во една компанија, вклучувајќи ја и мојата, потребно е да се работи многу напорно“
Факти за Unilever XX 1929година формирана со спојување на Lever Brothers и Margarine Unie XX Седиште: Ротердам, Холандија XX Индустрија: Стоки за широка потрошувачка XX Најпознати брендови: XX Приходи во 2014: 48,4 милијарди долари XX Чиста заработка во 2014: 5,15 милијарди долари XX Број на вработени: 172.000 XX Најпознати брендови: Rexona, Domestos, Dove, Hellmann’s, Lipton, Axe, Knorr… курсеви. Ние сме одговорни за 175 000 луѓе кои се на нашиот платен спиок. XX Дали сметате дека компаниите можат да се справат со ова? Како компанија ќе гледаме да јакнеме и да продолжиме во таа насока. Но, доколку работите во осигурителна компанија која продава полиси што вие не би сакале да ги продадете ниту на сопствената жена или мајка, колку би биле да работите таму? Тоа со тек на време ќе почне да ве јаде и може да трае со години. Сето тоа нема да создаде енергија и ангажман кој долгорочно и треба на компанијата. XX Која е најголемата фрустрација која сте ја имале во кариерата? Немам некоја фрустрација. Можеби звучи глупаво, но животот е премногу краток за такво нешто. Не се грижам за сè што се случува. Во слободното време работам со луѓе кои имаат оштетен вид и поради тоа секојдневно ги „бројам“ благословите. Пресреќен сум што сум на оваа позиција, што сум едуциран и слободен да го правам она што го посакувам. Постојат само некои ситници, за кои ретко се грижам. XX Дали имате страв од нешто, за кој што размислувате во слободното време? Мојот страв е оној од „застарување“. Живееме во свет кој брзо се менува и
една од главните човечки задоволства е да припаѓа некаде и да биде дел од нешто. Веројатно тоа е една од нашите најголеми потреби после кислородот. Мојот најголем страв е од станување некорисен во однос на технологијата. Постојано мора да имате мала доза на параноја, која ќе ве принудува да раборите напорно секој ден. XX Дали вашиот лидерски стил се промени со текот на годините? Апсолутно. Кога мојот татко почина, започнав да размислува за сите работи кои тој ме научи. Размислувате за искуствата во животот – понекогаш тоа е пријатно, понекогаш не – но е дел од вашиот карактер. Тоа е авантура низ која поминуваме додека живееме. Никогаш претходно не сум бил извршен директор. Моментот кога откривате дека животот не е само за вас, туку треба да инвестирате и во другите, е таа стабилна состојба која ве прави лидер. Поради тоа, сметам дека главниот квалитет на еден добар лидер е да биде човек пред се’. XX Што е она највредното што ви го пренеле родителите? Моите родители пораснаа во војна, а поради тоа мојот татко никогаш се запишал на училиште. Бевме шест деца и тој инсистираше сите да се запишеме на студии. Тој во целиот животен век работеше по две работи истовремено, па веројатно и буквално се наработи до смрт. Една од работите кои дефинитивно ги научив е да не бидам мрзлив. Во моето место на живеење велат „Не го заборавај бројот на твојата куќа“. Тоа значи да не забораваш од каде доаѓаш. XX Ги замрзнавте вашите примања кога започнавте во Unilever за време на рецесијата. Дали сте задоволни со вашата плата или сметате дека не треба да заработувате толку многу? Дефинитивно второто. Никогаш не заработував толку многу. Кога дојдов во компанијата, ниту прашав ниту преговарав
за платата. Секогаш работев напорно и верував дека системот самиот ќе ги склопи коцките. Кога дојдов во Unilever, чувствував дека понудата е прилично великодушна. Луѓето на овие позиции не треба да бидат мотивирани од приходите. Ако им платите двојно, нема да можат да сработат двојно повеќе, бидејќи веќе максимално го користат своето време. Инаку да, јас сум среќен, но понекогаш засрамен од висината на парите кои ги заработувам. XX Зошто тогаш управните одбори сакаат да ги зголемат заработките на извршните директори? Повеќето компании имаат платежна политика која вели: „Ние сакаме да го привлечеме најдобриот извршен директор, па ние требаме да им понудиме висока плата“, а потоа се тркате до врвот. Тоа е она што навистина се случува во последните две децени. И на крај, мора да се прекине со тоа. Има една филозофија на мојот живот која вика, подобро да кревате прашина, отколку истата да ја јадете. XX Кој е вашиот најдобар совет што би им го дале на младите професионалци? Не работите за себе. Ако имате доволно среќа да бидете на позиција како мојата, веројатно ќе припаднете на тие 2 проценти од светската популација која е добро едуцирана, финансиски независна, која може да прави она што сака, може да живее и работи каде што сака. Доколку припаѓате на тие 2%, тогаш вашата должност е да се ставите на услуга на останатите 98%. nnn
а се тркаме со напредокот на технологијата секој ден
www.kapital.mk
Капитал број 815 12.06.2015
56
Фељтон
Агресијa - моќта на човечкиот
Големата фру поттикнува а Пишуваат:
Ф Проф д-р Методи Чепреганов невропсихијатар
Теодора Костовска
интернационален учител на Art of Living
Проф д-р Методи Чепреганов невропсихијатар
Капитал и Професор доктор Методи Чепреганов започнаа со објавување серија текстови поврзани со агресијата. Според мислењето на еминентниот невропсихијатар токму сега е времето да се отвори оваа тема која е длабоко поврзана со сето она што ни се случува во современото македонско општество.
Фројд го додава концептот на Танатос или силата на смртта, во својата теорија на Еросот на човековото однесување. Спротивно на енергија на либидото, емитирана од Еросот, Танатос-енергијата ја охрабрува деструкцијата и смртта. Во овој конфликт помеѓу Ерос-от и Танатосот, некои од негативните енергии на Танатос-от се во правец кон другите, за да се спречи самоуништувањето на поединецот. На тој начин, Фројд тврди дека поместувањето на негативната енергија на Танатос врз другите, всушност е агресијата. Ако адаптираната теорија на Фројд во фокусот на вниманието го има инстинктот на смртта како причина за агресијата, Конрад Лоренц инстинктивната агресивност ја гледа како производ на еволуцијата. Во суштина, Лоренц ја комбинира теоријата за агресија на Фројд со теоријата за природна селекција на Чарлс Дарвин. Во оваа интерпретација, агресивноста е корисна и овозможува опстанок и успех на популациите, преку агресивните видови од најсилните животни кои ги елиминираат послабите за, во текот на еволуцијата, крајниот резултат да биде посилно и поздраво население. Ова еволуционистичка теорија за агресијата е една од многуте биолошки теории кои, во целина, се слични на психоаналитичката теорија, според
која агресијата се разбира како инстинкт. Заедничкото, за некои биолошки теории, е мислењето дека агресијата е манифестација на генетско или хемиско влијание. Емпириските докази покажуваат дека церебрална електрична стимулација на одредени локации, може да индуцираат или инхибираат агресија. Други биолошки теоретичари, сметаат дека генетиката може да биде составен дел на агресијата. Одредени истражувања укажуваат дека некои раси на животни се агресивни, други, пак, се природно пасивни. Некои покомплетни студии покажаа дека присуството или отсуството на одредени хемикалии и хормони, влијаат на агресивноста. На пример, високи нивоа на хормонот тестостерон и невротрансмитери, како што се серотонин, допамин и норадреналин, создава повисок степен на агресија. Покрај тоа, серотонин се користи фармаколошки како третман во борбата против непредвидливата агресија. Сосем друга, пак, категорија на агресија поттикнува теорија на импулси каде агресијата е креирана од вродени потреби. Во оваа теорија, фрустрацијата и агресијата се поврзани во причинско последователни односи. Фрустрацијата е причина за агресија, а агресијата е резултат на фрустрација. Резултатите покажале дека, колку е повисоко нивото на фрустрација, толку повеќе е зголемена склоноста на лицата да дејствуваат агресивно. Конечно, една од најпознатите радикални и добро документирани пристапи кон агресија е теоријата на социјалното учење, која за разлика од другите модели, внатрешниот механизам не го припишуваат како причина за агресија. Постојат два важни принципи на оваа теорија. Прво агресијата се учи од социјалното однесување и тоа се одржува од страна на опкружувањето. Постојат разнообразни начини и методи преку кои агресијата се учи и застапува. Еден метод на учење агресивно однесување е преку едноставни operant увежбувања. Ако по извршувањето агресивен акт животното или човекот добијат позитивно подгревање (како
Однесување: Mоже да биде моделирано од надвор
www.kapital.mk
Капитал број 815 12.06.2015
57 деструктивен нагон (4)
устрација агресија Во денешниот насилен свет, исполнет со убиства и насилство, агресијата би морале да ја сметаме како збир од безброј фактори, помеѓу кои доминира интелектуалната немоќ, поради крајно сиромашен резервоар на знаења и недостаток на инкорпорирани социјални, морални, етички и духовни норми, од што резултира неспособност да се разговара, да се преговара и да се донесе соодветен заклучок, без агресија и насилство. што се храна или играчка), тие веројатно ќе го повторат ова однесување со цел да се здобијат со повеќе награди. На овој начин, агресивниот чин станува позитивен, поврзан со награда која ги охрабрува понатамошните прикази на агресија. Други услови на pодржување на агресијата се материјални и нематеријални награди. Кога некое лице добива пари или медал за нанесени повреди и штети на други лица, во иднина тоа лице, како резултат на засилување, ќе применува извршување и на други агресивни дела. Во моментов, една од најпопуларните теории на агресија, се чини, како да е теоријата на социјалното учење, која компетентно го опишува стекнувањето и одржувањето на агресијата и насилството врз различни предмети. Во овој контекст мас-медиумите, посебно некои новинари, со својот крајно агресивен речник за контакт со гледачите, сеат пламени јазици на злоба, омраза, интолеранција и агресија. Еве еден многу интересен феномен на човековото однесување, заплеткан во сопствениот внатрешен лавиринт: Агресија како средство за надминување на депресијата! Недостаток на идеализам, визија или исполнување на животот со смислата на постоењето, се причини за депресија, особено кај младата популација денес. Животот на овие деца им се чини е толку бесмислен, толку многу се исплашени од безмилосниот и суров свет на конкуренција, заглавени се во нејасни и неразбрани меѓучовечки односи, како резултат на страв од емоционално зреење, главно, разочарани од
погрешниот начин на стимулација, тотална ерозија до вулганизирање на вистинските вредности. Како насушен недостаток на вистинска инспирација, агресијата станува противотров за депресијата! Ваквата состојба е многу тешка, ги носи младите луѓе кон депресија, која се поставува, се всадува во човековата душа како недостаток на ревност, желба и мотив да се бори против неа. Депресијата е недостаток на енергија, бидејќи лутината, бесот, револтот и агресивноста, едноставно, лакомо ја голтаат животната енергија. Потребата личноста да се бори против таквата нелагодност, непријатност и болка, буди жестока агресија. Кога агресијата ќе помине, еден одреден лимит, таа повторно води назад во депресија. Тоа е она што се случува со многу освојувачи, кралеви, императори и сл.; депресијата, преку агресија, ги води во војна со желба и мисла дека ќе се ослободат од неа, за по освојувањето и по победата, да паднат во уште поголема депресија. Во целокупните испитувања на теориите за агресијата, важно е да се вклучат и невробиолошките истражувања. Историјата на науката, а особено невробиологијата ни укажува на тоа дека никој не може да испита еден проблем само од еден аспект. Тоа води кон тесни заклучоци кои се применливи само за некои детали. Со цел да се добие целина или сеопфатен поглед, проблемот мора да се изучува од различни научни гледишта. Агресијата не може, и не треба, да се објаснува со само една теорија. Со цел да се анализира агресијата и таа да се разбере целосно, потребно е да се
ТВ насилството поттикнува агресија
А
гресивните реакции, исто така можат да бидат стекнати преку социјалните начини на однесување со нивно пресликување. Малите деца сакаат да пресликуваат одредени реакции во определени ситуации од, за нив, познати лица. Преку демонстрирање на агресија, некој потполно несвесно, не знаејќи охрабрува агресија кај сугестибилни деца. Една од најпопуларните актуелни дебати денес е идејата околу ТВ- насилството кое придонесува за зголемување на агресијата кај гледачите, кои добиваат идеи и го пресликуваат моделот на однесување кон другите. Моделирањето на однесувањето преку телевизијата, филмот или карактери од видео- игри, се акти на агресија кои се во пораст, се’ почести и понасилни. Истражувачите покажуваат дека по секое агресивно однесување се стекнуваат и други чинители, кои служат за одржување на агресивната присутност, меѓу кои авто-засилување, за која агресивност поединецот е горд на неговите или нејзините штетни дејства. вклучат идеите на сексуалната енергија, биолошките фактори, фрустрацијата, социјалните влијанија и сл.. Како манифестација на централниот нервен систем, агресијата е “output“ што може да биде предизвикан од многу фактори. Однесувањето може да биде моделирано од надворешен “input“ во внатрешноста на нервниот систем, со посредувачки фактори или дури и од внатрешната варијабилност. Како заклучок, во денешниот насилен свет, исполнет со убиства и насилство, агресијата би морале да ја сметаме како збир од безброј фактори, помеѓу кои доминира интелектуалната немоќ, поради крајно сиромашен резервоар на знаења и недостаток на инкорпорирани социјални, морални, етички и духовни норми, од што резултира неспособност да се разговара, да се преговара и да се донесе соодветен заклучок, без агресија и насилство. nnn
решен “input“ во внатрешноста на нервниот систем
Еднодневна обука: 18 јуни 2015 година (четврток), 10:00-16:00 часотго потенцијалот на Интернет рекламирањето за да допрете до „Искористете во просториите на Институт Концепт, Скопје потенцијалните потрошувачи!!!” 182015 јуни година 2015 година (четврток), 18 јуни (четврток), 10:00-16:00 часот 10:00-16:00 часот во просториите на Институт Концепт, во просториите на Институт Концепт, Скопје Скопје
Рок за пријавување: 16 јуни 2015 година Рок за пријавување: 16 јуни 2015 година
Рок за пријавување: 16 јуни 2015 година
За кого е наменета обуката:
Обуката е наменета за маркетинг-менаџери и вработени во маркетинг-секторот; менаџери за продажба и вработени во продажен сектор; сопственици на мали и средни претпријатија; како и за сите оние кои учествуваат во креирањето и имплементирањето на корпоративната маркетинг-стратегија.
КОНТАКТ:
КОНТАКТ: м-р Ленче Зикова и Ирена Богоевска м-р Ленче Зикова и Ирена Богоевска
м
м
КОНТАКТ: м-р Ленче Зикова и Ирена Богоевска м
Содржина на обуката: 1. Интернет маркетинг • Зошто секоја компанија треба да се одлучи онлајн да комуницира со потрошувачите. А што со традиционалниот маркетинг и традиционалните канали на комуникација? • Интернет маркетинг во Македонија (како македонските компании комуницираат онлајн, каде сме во споредба со развиените земји). 2. Интернет маркетинг канали • Видови на канали, разработка на секоја: веб страна и оптимизирање на пребарувач (Search Engine Optimization); социјални медиуми; интернет портали; платено рекламирање и е-mail маркетинг 3. Резултати – што потоа? • Како и што да мерите кај вашите реклами и активности. • Извештаи и статистики за вашите реклами и активности. • Креирање на извештај од добиените резултати. • Анализа на feedback-от од корисниците. • Корекција на преземените активности и изготвување на план за идните активности. 4. Финансирајте ја комуникацијата со потенцијалните потрошувачи. • Како да го убедите топ менаџментот за ефикасноста на интернет маркетинг-активностите. • Изготвување на висина и план за распределба на буџетот. 5. Практично запознавање со карактеристиките на интернет маркетинг стратегијата преку анализа на студија на случај.
е-маил: institut@koncept.com.mk • 02 3216 962
е-маил: institut@koncept.com.mk • 02 3216 962
е-маил: institut@koncept.com.mk • 02 3216 962