818 kapital magazin

Page 1

Cover story

Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

www.kapital.mk

европа ја спасува ахиловата пета?! Зошто Македонија треба да биде загрижена?

interview ПРОКРЕДИТ ЕКО АКЦИЈА за намалување на употребата на пластичните кеси

политика Кога ќе си оди Груевски било преценет проблем ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА пред формирање заедничка влада?!

interview

Златко Најдовски генерален директор на Млекара АД Битола

Планираме голем раст на извозот Цел се рускиот пазар и ЕУ! interview папата францис:

Оваа економија убива

папата зборува за капитализмот, социјалната праведност и глобализацијата

Маркетинг во криза: Буџетите за рекламирање скратени за над 50% број 818 | цена 100 ден. | 3 јули, 2015 | петок | година 16

www.kapital.mk




4

Капитал број 818 03.07.2015

содржина 08 навигатор 12 cover story

Европа ја спасува Ахиловата пета?! Зошто Македонија треба да биде загрижена?

20 Капитално 22 анализа

Грчката драма и сеирот во Македонија ЕУ побара да се затворат РЕК Битола и ТЕЦ Осломеј Како за 15 години ќе се најде алтернатива за 80% од домашното производство на струја?! Македонија пред се поизвесен енергетски крах!

32

26 Интервју

"Капитал" издвојува една поинаква бизнис практика Марија Ивановска Дијана Панова Методија Миноски ПРОКРЕДИТ ЕКО АКЦИЈА за намалување на употребата на пластичните кеси

32 Интервју

Златко Најдовски генерален директор на Млекара АД Битола

Планираме голем раст на извозот - цел се рускиот пазар и ЕУ!

38 политика

Кога ќе си оди Груевски било преценет проблем Притисокот на странците не смее да ослаби со постигнувањето на иницијалниот договор

42 Интервју

Единственото економско интервју на папата Францис: Оваа економија убива

12

46 Енергетски крах?!

Ако ги затвори РЕК Битола и Осломеј како што бара Европската унија, земјава ќе се соочи со енергетски крах и со 80% зависност од увоз. Ова е заеднички став на сите експерти кои ги консултираше Капитал на темава. Прашањето кое останува е има ли Македонија алтернатива на јагленот? XXСтр. 22

БиМилк

Разговаравме отворено со Златко Најдовски, директорот на најголемата млекарница во земјава, Битолска, за тоа каде се всушност најголемите проблеми во оваа индустрија и што треба да се направи за да се зголеми домашното производство и извозот на млеко и преработки. XXСтр. 32

Економија убиец: Вели папата Францис за глобализ

Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје l Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, ка Основач и директор: Љупчо Зиков l Одговорен уредник: Биљана Здравковска Стојчевска l Печати: Графички центар Скопје, ул. Скупи бб, 1000 Скопје l Тираж: 3.000 примероци l Датум на печатење:


5

46 CEO Profile

Карстен Шпор

директор на Луфтханза

Пилот ја вози компанијата низ турбуленциите

48 фељтон

Методи Чепреганов невропсихијатар

42

Агресијa моќта на човечкиот деструктивен нагон (7) Има ли решение за човековата деструкција?

Грчката драма и македонската комедија

Грчката драма која се случува во Грција која оди по работ на банкротот, е уште еден удар за македонскиот бизнис, кој е веќе во лер, чекајќи ја разврската од нашата домашна политика драма. Банките уверуваат дека депозитите се стабилни, а затворените банки во Грција ги уплашија македонските бизнисмени кои ги намалуваат извозот и увозот од оваа земја. Како и да се заврши, грчката економија уште долго ќе се опоравува до должничкото ропство во кое ја доведоа неодговорните политички елити.

48

XXСтр. 12

Преценет проблем

Интензивното „дружење“ на дипломатите со четворицата лидери пред средбата на 29 јуни покажа дека проблемот кога ќе се повлече премиерот Груевски од Владата е преценет во јавноста. Прашањето е сега дали дипломатскиот притисок ќе продолжи со истиот интензитет и по постигнувањето на овој иницијален договор. XXСтр. 38

зацијата во своето единствено економско интервју

ат 6, стан бр.31 l П. ФАХ 503, 1000 Скопје 02.07.2015


ЗА ВРВНИ МАГИСТЕРСКИ СТУДИИ НЕ МОРАТЕ ДА ОДИТЕ ВО СТРАНСТВО!

СЕГА И ВО СКОПЈЕ! • Престижна МБА програма за развој на вашата кариера • Рангирана помеѓу првите 100 во светот • Со тројна меѓународна акредитација која гарантира квалитет на наставата

УПИСИТЕ СЕ ВО ТЕК! msm.uacs.edu.mk

ЗА ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ:

Универзитет Американ Колеџ Скопје Трета Македонска Бригада 60, 1000 Скопје Тел: +389 2 2463 156

Е-пошта: globalmba@uacs.edu.mk Веб: msm.uacs.edu.mk


7

Капитал број 818 03.07.2015

издава: Капитал Медиа Гроуп основан 1999 година основач: Љупчо Зиков бул. ВМРО бр.7, зграда 1, влез 1, кат 6, стан бр.31

тел. ++ 389 2 3280 910 www.kapital.mk www.facebook/KapitalMK

И

АНАЛИЗА

WWW.KAPITAL.MK

Претплатете се на КАПИТАЛ... Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ СЕ ПРЕМИСЛУВААТ И ОДБИРААТ ДРУГИ ЗЕМЈИ!

дејата и визијата за тоа што сакаат да COVER STORY направат, беше највредниот капитал кој го ПОТЕЗИ КОИ поседуваа луѓето што ја почнаа приказната ЈА УНИШТИЈА за Капитал пред повеќе од 15 години. Со КОНКУРЕНЦИЈАТА ВО МАКЕДОНИЈА макотрпна и посветена работа на својот тим, магазинот се наметна како еден од најрелевантните извори на квалитетни информации во Македонија и регионот, значајни за приватниот, јавниот и невладиниот сектор. Да се биде лидер на пазарот во својот сегмент е голема чест и задоволство, но и голема обврска кон сите што секоја недела нетрпеливо го чекаат Капитал да ги информира за економските проблематики и актуелности, но, и да ги едуцира со своите содржини за најновите трендови. Капитал се чита во директорски канцеларии, Капитал СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ СЕМЕЈНИ БИЗНИСИ ПРЕДИЗВИЦИ ЗА ДОМАШНИТЕ БИЗНИСМЕНИ се чита во кабинети на политичари, Капитал се чита ТУРЦИJA: ЕРДОГАН ОСТАНА, НО “СУЛТАН“ НЕ СТАНА. ШТО СЛЕДИ? на универзитети, институти, “тинк-тенк” центри.... едноставно Капитал е секаде кај што се со годишна донесуваат одлуки и креираат п ретплата од политики и стратегии. ЦЕНИТЕ НА НЕДВИЖНОСТИ ПОЧНАА ДА РАСТАТ. ИНВЕСТИТОРИТЕ БАРААТ СИГУРНА ОАЗА

10

специјален прилог - семејни бизниси

 ПРЕДИЗВИЦИ ЗА ДОМАШНИТЕ БИЗНИСМЕНИ ШТО КОГА СЕМЕЈНАТА ФИРМА ЌЕ ИЗЛЕЗЕ ОД „ГАРАЖАТА“?

 ПЕЧАТНИЦА „АНС“, БИТОЛА КАКО ЉУБОВТА КОН ФОТОГРАФИЈАТА СТАНА СЕРИОЗЕН БИЗНИС

 ДИЛЕМИ НА МАКЕДОНСКИТЕ ПРЕТПРИЕМАЧИ КАКО ДА СЕ НАПРАВИ ДОБАР ПЛАН ЗА НАСЛЕДУВАЊЕ

СЕМЕЈНИ КОМПАНИИ

ЗОШТО СЕ ВАЖНА АЛКА ВО РАЗВОЈОТ НА ЕКОНОМИЈАТА

ШТО КОГА СЕМЕЈНАТА ФИРМА ЌЕ ИЗЛЕЗЕ ОД „ГАРАЖАТА“?

WWW.KAPITAL.MK

БРОЈ 815 | ЦЕНА 100 ДЕН. | 12 ЈУНИ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16

4.100 20%

6 месечна претплата 2.200 денари 24 месечна претплата 6.100 денари со вклучени 40% попуст

70

COVER STORY МАКЕДОНИЈА ВЛЕГУВА ВО ПОЛИТИЧКА ДРАМА

ОСТАВКИ!

МИЛИОНИ ЕВРА

ДАЛИ ЌЕ ГО СОПРАТ СЛОБОДНИОТ ПАД НА ВЛАДАТА?!

!

ОХРИД – ПЕШТАНИ

60

НА РАБОТНИЦИ ОД ПРОПАДНАТИ ФИРМИ

50

МИЛИОНИ ЕВРА

 АВТОПАТСКАТА ДЕЛНИЦА ТРЕБЕНИШТЕ – СТРУГА

ПАТРИК ЖИТОН претставник на ММФ во Македонија

ВЛАДАТА ДА НЕ ГИ КРАТИ ИНВЕСТИЦИИТЕ ЗА СМЕТКА НА СИТЕ НОВИ НАЈАВЕНИ ТРОШЕЊА!

Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

 ОТКУП НА СТАЖ

45

МИЛИОНИ ЕВРА

WWW.KAPITAL.MK

Буџетот се прекрои на партиски трибини.

Од каде пари?

ГИ МЕНУВААТ НАВИКИТЕ СО “ПЛАСТИКАТА“ СО КАРТИЧКИТЕ НАЈМНОГУ СЕ ВАДИ КЕШ ОД БАНКОМАТ

БАНКАРИТЕ ВО ПОТРАГА ПО ФИРМИ ШТО ЌЕ ГИ КРЕДИТИРААТ

 КАКВИ ТЕХНОЛОШКИ

НОВИТЕТИ НУДАТ ДОМАШНИТЕ БАНКИ СЕГА? БЕСКОНТАКТНИ КАРТИЧКИ И 24/7 ЕКСПОЗИТУРИ, НА РЕД Е МОБИЛНОТО ПЛАЌАЊЕ

РЕПОРТАЖА КАПИТАЛ НИЗ ТУНЕЛИТЕ И ПРЕКУ ВИЈАДУКТИТЕ НА АВТОПАТОТ ДЕМИР КАПИЈАСМОКВИЦА

евра 200 милиони

 МАКЕДОНЦИТЕ ТЕШКО

НАД МИЛИЈАРДА ЕВРА ВИШОК ПАРИ ИМААТ БАНКИТЕ. ЌЕ ГИ ДАДАТ ЛИ ЗА КРЕДИТИ?

БИЗНИСОТ ГИ БРОИ ПРВИТЕ ЖРТВИ ОД КРИЗАТА ПАЃА ИЗВОЗОТ, ИНВЕСТИЦИИТЕ ВО СТЕНД БАЈ...

WWW.KAPITAL.MK

Новите ветувања на Груевски тежат над

специјален прилог - Банките и бизнисот

ТОНЕЊЕ ВО ПРЕРОДБА

БРОЈ 811 | ЦЕНА 100 ДЕН. | 15 МАЈ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16

МИЛИОНИ ЕВРА

Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

со вклучени 20% попуст

INTERVIEW

ГРАДСКО - ПРИЛЕП

 ЕКСПРЕСЕН ПАТ

со вклучени 15% попуст

12 месечна претплата 4.100 денари

 НОВ ЕКСПРЕСЕН ПАТ

WWW.KAPITAL.MK

WWW.KAPITAL.MK

денари, заштедете

БРОЈ 809 | ЦЕНА 100 ДЕН. | 30 АПРИЛ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16

Во време кога квалитетната информација е најскапоцен ресурс, не дозволувајте да останете без најскапоценото. Станете и вие дел од семејството на редовни читатели на Капитал и искористете ги поволните пакети за претплата што ги подготвивме за вас.

специјален прилог - иновативност

 КАКО МАКЕДОНСКИТЕ

ФИРМИ ГИ КОМЕРЦИЈАЛИЗИРААТ ИНОВАЦИИТЕ ТЕШКО СЕ ПРОФИТИРА ОД НОВИТЕ ИДЕИ!

ИНОВАЦИСКИ ПРОБИВИ НА МАКЕДОНСКИТЕ КОМПАНИИ

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ БАНКИТЕ И БИЗНИСОТ НАД МИЛИЈАРДА ЕВРА ВИШОК КАЈ БАНКИТЕ. ЌЕ ГИ ДАДАТ ЛИ ЗА КРЕДИТИ?

ПОЛИТИКА: ПРОТЕСТИ КАКО ЖЕСТОКА НАЈАВА ЗА 17 МАЈ

ОД ЕНЕРГЕТСКИ ЕФИКАСНИ ЗГРАДИ ДО ИНОВАТИВНИ КАПАЧИЊА ЗА ШИШЕ ВОДА

 ИНОВАЦИЈАТА

НЕ МОРА ДА ЗНАЧИ “ОТКРИВАЊЕ ТОПЛА ВОДА“

 ИТ СЕКТОРОТ НАЈИНОВАТИВЕН

 ЖИТО МАРКЕТИ

РАЗВИ ПЛАТФОРМА ЗА ЛОЈАЛНАТА КАРТИЧКА СО ДОПОЛНИТЕЛНИ УСЛУГИ

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ ИНОВАТИВНОСТ ОД ЕНЕРГЕТСКИ ЕФИКАСНИ ЗГРАДИ ДО ИНОВАТИВНИ КАПАЧИЊА ЗА ШИШЕ ВОДА

СВЕТ: ШТО ЌЕ ДОНЕСЕ ИСТОРИСКОТО ПОМИРУВАЊЕ МЕЃУ САД И КУБА

*Во цената е вклучен ддв и платена поштарина

...заеднички ја креираме додадената вредност на нашите животни проекти...


www.kapital.mk

Капитал број 818 03.07.2015

8 НАВИГАТОР

ИЗЈАВА НА неделата

> БРОЈКА

5%

е намалено индустриското производство во мај 2015 во однос на истиот месец минатата година

Пол Кругман

економски нобеловец

Тројката му даде понуда на Ципрас за која се знаеше дека нема да ја прифати. Се работи за ултиматум со кој би се тргнала од власт оваа грчка влада. И да не ја сакате Сириза, ваков потег би требало да го вознемири секој кој верува во европските идеали.

Угостителите бараат намалув на ДДВ-то за храна од 18% на

Н

амалување на ДДВ-то за храна од 18% на 5% побараа од Здружението на угостителство и туризам при Стопанската комора на Македонија. Финансиските средства кои нема да ги плаќаат за ДДВ, хотелиерите и угостителите би ги искористиле за нови инвестиции „Хотелите и рестораните за храната што ја послужуваат плаќаат на крајниот производ 18 проценти ДДВ, а суровините што ги внесуваат за производство на таа храна

победник на неделата Домашните фирми штедат на рекламирање

Буџетите за реклам намалени за над 5 Кочо Анѓушев

+

Во време на социо-економска криза, велешката компанија „Брако“ започнува со реализација на новата инвестициска програма, чија вредност се проценува на 4,2 милиони евра. Во следните девет месеци се очекуваат педесет нови вработувања, изградба на хала од 5100 метри квадратни и набавка на модерни CNC машини и ласери од металопреработувачката индустрија, а со новата инвестиција се очекува компанијата да ја зацврсти својата позиција на пазарот и да одговори на стандардите на европските пазари. „Ова несомнено е голем дел од нашата развојна програма со која што имаме за цел зголемување на асортиманот и портфолиото и со тоа проширување на пазарите за пласман на нашите производи. Наше цврсто убедување е дека со инвестирање и вложување во развојот на компанијата, треба да се оди во континуитет без оглед на социо-економските показатели“, изјави Кочо Анѓушев, претседател на Бордот на директори. Минатата година „Брако“ започна со производство и извоз на првиот македонски камион, што се покажа како успешен чекор во освојувањето на странските пазари. „Оваа инвестиција всушност е одговор на зголемените барања за нашата компанија, како и подобрување на организацијата и менаџментот на производството“, вели Анѓушев. Компанијата која е специјализирана за производство на жичани и лименоцевкасти производи, медицинските помагала и производи поврзани со телекомуникациската опрема, во моментов има 450 вработени во Велес и 80 во Панчево. 96% од производството го извезува во 19 различни земји, а во последните девет месеци има зголемен промет за 13%.

Д пишува :

Оливер Трајчески

Oliver.trajceski@kapital.mk

Домашните компании освен што ги одложуваат планираните инвестиции, ги намалуваат и буџетите за

рекламирање, сметајќи дека растот на претпријатијата мора да почека некое подобро време откако кризата ќе помине. Иако ситауцијата е слична и во другите земји од регионот, но и на глобално ниво, за жал кратењето на буџетите за рекламирање во Македонија се чувствува доста драматично, ако се земе предвид фактот дека и пред тоа, средствата одвоени за маркетинг беа прилично мали. Анализите на агенцијата „Њу Момент“ покажуват дека во последните 5 години вкупните медиумски буџети се намалени за околу 50%, а кај некои категории, тие се и повеќе скратени, пред се’ кај огласувачите од автомобилската индустрија. „Имајќи во предвид дека и конкуренцијата ги има намалено буџетите, на потрошените пари за


www.kapital.mk

Капитал број 818 03.07.2015

9

вање а 5% се оданочуваат со пет проценти ДДВ. Имајќи ја предвид ваквата диспропорција, Здужението за угостителство и туризам изготви иницијатива со која ќе побара намалување на ДДВ за храната, освен за пијалоци,“ истакна Даниела МихајловскаВасилевска од Стопанската комора на Македонија. Оттаму нагласуваат дека преку оваа мерка ќе можат да се покријат загубите во периодот на „мртва сезона“, а средствата да се искористат за едукација на неквалфикуваните кадри и надминување на проблемите како што е недостиг на капитал.

мисла на неделата

> БРОЈКА

180% од БДП ќе достигне грчкиот долг до крајот на 2015 година

Не мора да си песимист по природа за да ги гледаш работите така како што се. Претпазливиот човек секогаш го зема во предвид и најцрното сценарио

Нуриел Рубини Економист

лидери

мирање 50% Во ситуација кога компаниите ги чувствуваат последиците од економската криза, голем број фирми го оптимизират и рационализират трошењето на пари кога е во прашање маркетингот. Иако ситуацијата е слична и на глобално ниво, последиците од кратењето на буџетите за рекламирање драстично се чувствуваат во земјава. маркетинг во криза, па макар буџетот и бил намален, логиката вели дека ефикасноста би требала да бида иста или поголема. Сега друг е проблемот што голем број на медиуми во кризата ги намалија цените на секундите и на огласниот простор, и практично рекламните блокови и понатаму се полни“, вели Сашо Пешев, извршен партнер на агенцијата „Њу момент“. Но, експертите се децидни дека иако кризата не носи поволни ефекти во стопанстовото на долгорочен план, тоа не треба да предизвика кратење на маркетинг-буџетите, туку напротив треба да се пристапи кон засилена комуникација со клиентите. Најдобра ефикасност во услови на намалување на средствата за рекламирање може да се постигне со добра маркетинг стратегија, креативност во огласувањето, инсајт на целната група, конкуренцијата и пазарот воопшто. Докажано е дека најкреативните огласи, даваат и најдобри пазарни резултати. nnn

губитник на неделата

Јанг Јангкинг

Кинеската банка Industrial and Commercial Bank of China предводи на листата на најуспешни банки во светот по профит и капитал

Гунтер Отингер

Со паролата „Збогум роаминг“, Европска Унија ја прослави одлуката од јули 2017 година да не се наплаќаат роаминг услугите во рамките на ЕУ

не им беше неделата

Анжу Јаин

Германското обвинителство започна истрага против поранешниот ко-извршен директор на „Дојче Банк“ поради манипулација со каматните стапки

Алексис Ципрас

Ципрас е пред најголемиот предизвик во својата кариера. Ако не успее да докаже дека неговата програма може да се реализира, тоа ќе биде крај за него

_

Франсоа Оланд Вината за тоа што Франција за шест месеци по втор пат е погодена од терористички напад на исламски екстремисти, секако дека е премногу да му се припише на претседателот на државата, Франсоа Оланд. Но, како персонификација на официјална Франција (земја со претседателски систем), тој е првоповикан на одговорност за политиките што ги спроведува Елисејската палата кон доселениците. „Секој се сеќава што се случи во јануари во нашата земја. Имаше емоции, но само емоциите не можат да бидат единствениот одговор. Одговорот е акцијата, превенцијата, потребата да се носат вредностите и да не се попушта пред стравот, да се биде на висината, и да не се создаваат непотребни поделби“, изјави Оланд по терористичкиот напад во Сант-Кантан Фалавие, на југот од Лион, во фабриката за гас. Но, сето ова звучи само како фраза соодветна на ситуацијата, кога се знае дека по масакрот во редакцијата на парискиот весник Шарли Ебдо, администрацијата на Оланд имаше шест месеци да покаже што значи превенција. И да биде пример за европски третман на кризните потенцијали што ги подразбираат мултикултурните, во комбинација со социјалните проблеми.


www.kapital.mk

Капитал број 818 03.07.2015

10

НАВИГАТОР

график на неделата...

3 факти за...

Најпрофитабилни фирми во светот (млрд $) 42,7

ICBC (Кина)

37,0

Apple (САД)

34,9

CCBC (Кина)

32,6

Exxon Mobil (САД)

27,2

Samsung (J.Кореа)

Полни како брод

М

еѓу петте најпрофитабилни компании во светот се наоѓаат две кинески државни банки, кои заедно имаат годишен профит од речиси 80 милијарди долари.

121,3 67,3 57%

милиони евра е вредноста на извезените ИКТ услуги од земјава во 2014 милиони евра потрошила Македонија за компјутерски услуги минатата година

е вкупниот раст на извезени компјутерски услуги во последните 5 години

> БРОЈКА

2,7%

е зголемена просечната нето плата во април 2015 во однос на истиот месец минатата година

Првите државни пари ќе легнат на сметка н

Најмногу ИТ фирми д грантови од Фондот

светот низ медиумите... Der Spiegel

Германскиот магазин пренесува потресни сведоштва од очевидци на ѕверствата на Исламската држава. Прашањето кое по илјадити пат го наметнува оваа тема е до кога и зошто меѓународната заедница ќе го толерира ваквото нечовечко однесување? lll

The Economist

Еутаназијата како човеково право или еутаназијата како убиство. Оваа дилема ја отвора лондонски Економист чии соговорници повеќе влечат на страната дека асистираното самоубиство треба да биде легално за оние кои се доволно свесни тоа самите да го побараат. lll

Time

Податоците и нивното складирање стануваат се покомплексен проблем во целиот свет. Поради тоа Тајм магазинот предлага оригинален начин на надминување на овој проблем инспириран од мудроста на уметниците и генијалците од минатото. Останува да видиме дали ова би профункционирало и во пракса. lll

The Wall Street Journal

Грчката должничка криза го тресе целиот свет. И американските медиуми на големо пишуваат за можните сценарија од се поизвесниот негативен исход на случувањата на релација Атина – Франкфурт. Најстрашно од се е што никој прецизно не може да ги предвиди евентуалните последици од сето тоа. lll

450

илјади евра ќе поделат 16 стартапи за развој на иновативни проекти

К пишува :

Игор Петровски

igor.petrovski@kapital.mk

Корисниците на ГПС уреди имаат лошо искуство кога се губи сигналот на локации како што се трговски центри, аеродроми, саеми, болници, итн. Македонскиот стартап Идекс Системи смета дека има решение за

овој проблем, со својата софтверска платформа за навигација и информирање во затворени простории. Бојан Ѓуричиќ, партнер и менаџер во компанијата вели дека ова е нова област и во светски рамки, односно пазар на софтверски услуги кој што до 2019 година се проценува дека ќе тежи повеќе од 4,5 милијарди долари. Конкуренцијата е с$ уште во зачеток и токму затоа во Идекс решиле да го забрзаат развојот на својата платформа, за што им биле потребни и дополнителни финансии. Аплицирале на повикот на државниот Фонд за иновации за кофинансирани грантови наменети за развој на стартапи и влегле меѓу 16-те компании што први добија државни пари за своите проекти, односно вкупно ќе поделат околу 450.000 евра. “Парите ќе ги искористиме за финансирање на самиот развој, набавка на опрема, истражување на пазарот и маркетинг и промоција“, вели Ѓуричиќ за Капитал.


www.kapital.mk

Капитал број 818 03.07.2015

11

проценки... > БРОЈКА

Димитрис Аврамопулос европски комесар за миграција

Унгарија не го решава туку префрла проблемот со бегалците

16.179

У

нгарија се соочува со голем бран на мигранти, но едностраното решение на проблемот како изградба на ѕидови само ќе го префрли проблемот на соседните држави, без тој да се реши“.

Изнесувала просечната плата во преработувачката индустрија во април 2015

ВЕСТИ...

на стартапите

добија т за иновации По околу 30 илјади евра во просек ќе поделат 16 домашни стартапи за развој на своите иновативни проекти – пари обезбедени од државниот буџет и Светска банка. Меѓу нив најбројни се од ИТ секторот, а компаниите имаат обврска да му плаќаат 5% од своите приходи на Фондот за иновации во период од пет години по завршување на проектот. Капитал разговараше и со останатите претприемачи од првата група стартапи што добија државна финансиска поддршка и во следниот број ќе пишува поопширно за нивните проекти кои што во просек добија по 30-тина илјади евра од Фондот за иновации. Меѓу нив има проекти како што се интелигентни лежечки полицајци, премиум чоколадни производи, приватен “клауд“ за претпријатија, итн. Инаку, Фондот минатата недела ги објави имињата на овие 16 стартапи, меѓу кои доминираат компании од ИТ секторот, односно 7, 3 се во бизнисот со електроника, 3 во производство на машини, 1 во образование, 1 во прехранбена индустрија и 1 во индустрија на видео игри. Договорот е Фондот да учествува со 85% од парите за проектот (најмногу со 30.000 евра), а 15% обезбедува самата компанија. Парите се исплаќаат на квартално ниво според однапред утврден план за нивно искористување. Фондот нема влијание врз донесување на одлуките и развојот на проектот, но обврска на стартапите е да се држат кон проектните фази и намената на буџетот според документацијата која иницијално ја имаат поднесено. Доколку фирмата оствари приходи од успешна комерцијализација на производот или услугата, тие приходи (не само профитот) ќе станат основа за т.н. ројалти плаќање кон Фондот. Секое ројалти плаќање ќе се врши по стапка од 5% од годишниот приход, с$ додека не се оствари повраток на 120% од доделените средства од Фондот или во период од 5 години по завршувањето на проектот, во зависност од тоа кој услов е прво постигнат. nnn

„Брако“ со нова инвестиција од 4,2 милиони евра

П

едесет нови вработувања, нова хала и опрема во вредност од 4,2 милиони евра е последната инвестиција на велешката компанија „Брако“ на бизнисменот Кочо Анѓушев. Во текот на следните девет месеци ќе биде реализирана новата инвестициска програма на домашната компапнија „Брако“, со која е предвидена изградба на хала од 5100 метри квадратни и набавка на модерни CNC машини и ласери од метало-преработувачката индустрија. „Ова несомнено е голем дел од нашата развојна програма со која што имаме за цел зголемување на асортиманот и портфолиото и со тоа проширување на пазарите за пласман на нашите производи. Наше цврсто убедување е дека со инвестирање и вложување во развојот на компанијата, треба да се оди во континуитет без оглед на социо-економските показатели. Минатата година започнавме со производство и извоз на првиот македонски

камион што се покажа како многу успешен чекор и заврзано ги освојуваме странските пазари. Оваа инвестиција всушност е одговор на зголемените барања за нашата компанијата како и подобрување на организацијата и менаџментот на производството“, изјави Кочо Анѓушев, претседател на Бордот на директори. Со новата инвестиција се очекува велешки „Брако“ да ја зацврсти својата позиција на пазарот и да одговори на стандардите на европските пазари. Компанијата која е специјализирана за производство на жичани и лимено-цевкасти производи, медицинските помагала и производи поврзани со телекомуникациската опрема, во моментов има 450 вработени во Велес и 80 во Панчево. 96% од производството го извезува во 19 различни земји, а во последните девет месеци има зголемен промет за 13%.

Струјата поевтини цели 0,33%

Р

егулаторната комисија за енергетика одлучи да ја намали цената на електричната енергија за 0,33%. Иако претходно се очекуваше нејзино зголемување, најновата одлука ќе важи од први овој месец, а доколку за струја плаќате 3 илјади денари, на пример, августовската сметка ќе биде помалa за 10 денари. Комисијата на седница ги разгледа извештаите поднесени од трите енергетски компании

во земјава, ЕЛЕМ, МЕПСО и ЕВН, кои ги имаа доставено пресметките со трошоци. Минатата година цената на електричната енергија покапе за 3,5%, а кумулативно со претходните дури за 50%. Исто така, во 2012 беше укината евтината тарифа за домаќинствата во периодот од 13 до 15 часот во текот на работните денови, со што регулаторите во тој период ја поскапеа струјата за високи 130%.


cover www.kapital.mk

Капитал број 818 03.07.2015

12

COVER STORY

Грција бан

Дали Европа ќе ја спа

Зошто Мак

треба да биде Европа не успева да ја заштити сопствената Ахилова пета. Расплетот на грчката трагедија е познат уште пред да се одржи референдумот во недела. Треба ли Македонија да се грижи очекувајќи го крајот на оваа драма?! Меѓународните финансиски институции како Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) или Morgan Stanley во

своите анализи предупредија дека Македонија е меѓу земјите кои што може да бидат најпогодени од грчката криза. Впрочем и Народната банка во своите проценки за економскиот раст, како еден од најопасните ризици го перципира можниот банкрот на Грција. Постојат неколку канали преку кои македонската економија може


story www.kapital.mk

Капитал број 818 03.07.2015

13

нкротира.

аси ахиловата пета?!

акедонија

де загрижена? да ги почувствува негативните ефекти од евентуален банкрот на Грција – две грчки банки држат речиси четвртина од банкарскиот сектор во земјава, македонските компании извезуваат и увезуваат производи од Грција во вредност од околу 900 милиони долари, а грчките компании имаат инвестирано во Македонија

околу 480 милиони долари. Но, цената на грчкиот банкрот може да биде многу, многу повисока ако Грција излезе од еврозоната и го напушти еврото. Тоа ќе биде шок од невидени размери и за економиите од регионот, но и за европската и светската економија. Капитал анализира што може да се случува во месеците кои доаѓаат.


www.kapital.mk

Капитал број 818 03.07.2015

14

COVER STORY

5

клучни играчи во грчката криза Алексис Ципрас премиер на Грција

Л

евичарската партија Сириза предводена од Алексис Ципрас дојде на власт на парламентарните избори во јануари 2015 година со популарната програма против мерките за штедење кои на Грција и ги наметнаа кредиторите. Тој ги одби сите барања за кратења на државните трошоци и изјави дека ќе чека меѓународните кредитори да станат пореални за проблемите во Грција.

н пишуваат:

Биљана Здравковска Стојчевска biljana.zdravkovska@kapital.mk

Александар Јанев

aleksandar.janev@kapital.mk

Не е добро кога куќата на соседот му гори, велат деновиве економистите коментирајќи ја грчката криза и ризикот од банкрот, но прашањето е каква е опасноста пожарот да се прошири ?! Постојат неколку канали преку кои македонската економија може да ги почувствува негативните ефекти од евентуален банкрот на Грција – две грчки банки држат речиси четвртина од банкарскиот сектор во земјава, македонските компании извезуваат и увезуваат производи од Грција во вредност од околу 900 милиони долари, а грчките компании имаат инвестирано во Македонија околу 480 милиони долари. Но, цената на грчкиот банкрот може да биде многу, многу повисока ако Грција излезе од еврозоната и го напушти еврото. Тоа ќе биде шок од невидени размери и за економиите од регионот, но и за европската и светската економија. Капитал анализира што може да се случува во месеците кои доаѓаат.

Ангела Меркел канцелар на Германија

М

еркел за многумина е последниот сојузник на Грција во ЕУ, но таа се соочува со голем отпор во нејзината партија и домашната политичка сцена заради обидите за спасување на земјата од банкрот. Таа до крај беше убедена дека е можен договор со Грција околу долгот.

Грчката трагедија во македонскиот театар е комедија

К

ога на власт се комунисти и кога тоа се претставува за прогресивност, резултатот е јасен - банкрот и хаос..., напиша на Twitter Илија Димовски, пратеник координатор на владејачката партија ВМРО – ДПМНЕ. Додека Грција се соочува со сериозна опасност да банкротира, дел од македонската јавност на социјалните мрежи коментира дека „развојот на настаните во Грција треба да има позитивен политички ефект за Македонија и сите други земји“ бидејќи „така ќе научиме што не треба да се прави“.

Македонија меѓу најпогодените земји

Меѓународните финансиски институции како Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) или Morgan Stanley во своите анализи предупредија дека Македонија е меѓу земјите кои што може да бидат најпогодени од грчката криза. Впрочем и Народната банка во своите проценки за економскиот раст, како еден од најопасните ризици го перципира можниот банкрот на Грција. Од друга страна пак, некои ризици во јавноста се преувеличуваат. Иако загриженоста кај граѓаните е најголема за работењето на двете грчки банки во земјава, Стопанска и Алфа банка, се чини дека овој ризик е всушност целосно под контрола. Гувернерот на Народната банка, Димитар Богов, неколку пати потенцираше дека и двете банки се стабилни и отпорни на грчката криза. „Двете банки со доминантен грчки капитал во земјава работат нормално како и сите други банки. Тие се одлично капитализирани и нема причина за никаква загриженост бидејќи депозитите на граѓаните се безбедни. Дури и ако Грција не постигне договор за продолжување на финансиската помош, двете банки ќе продолжат да функционираат нормално како и досега“, истакна гувернерот Богов.

Додека банките во Грција се под клуч, во нивните подружници во Македонија нема повлекување на депозити. Од Стопанска банка потврдуваат дека без оглед на случувањата во Грција, банката продолжува редовно да работи согласно македонските закони. „Сигурноста на депозитите на граѓаните и на фирмите е на највисоко ниво, за што гаранција е силната ликвидносна позиција и капитална база на Банката, како и високата профитабилност која Банката ја остварува со години наназад. Треба да се истакне дека Банката е целосно независна од економските случувања во Грција, бидејќи нема никакви вложувања, односно пласмани во оваа земја“, велат од Стопанска банка, каде што граѓаните и фирмите имаат депозити од околу една милијарда евра. Во Алфа банка, вредноста на депозитите заклучно со март годинава изнесува околу 60 милиони евра. Економистите коментираат дека депозитите во овие две банки се исто толку безбедни колку што се и сите други депозити во која било друга македонска банка. Згора на тоа, државата ја гарантира безбедноста на сите депозити до 30 илјади евра.

Забранет одлив на пари кон Грција

Без оглед што не очекува одлив на пари од македонските банки кон Грција, а

грчката криза и македонија: За шест години, извозот во Гр


www.kapital.mk

Капитал број 818 03.07.2015

15 Жан Клод Јункер претседател на Европската комисија

П

рвиот човек на Европската комисија беше главниот посредник во обидите да се надмине јазот помеѓу Грција и нејзините кредитори. Но, тој не беше во состојба да го спречи повторниот крах на преговорите.

Кристин Лагард

Марио Драги

извршен директор на ММФ

претседател на Европската Централна банка

Ф

Л

инансиската линија на ЕЦБ за спас на грчките банки играше клучна улога за вербата на земјата во членството во ЕУ. Ставот на Драги за целиот период е дека е подобро ако земјата се опорава од проблемите во рамки на еврозоната, но стави јасно до знаење дека ЕЦБ е подготвена и за излезот на Грција во еврозоната ако не може да ги исполни барањата на кредиторите.

агард завзема цврст став околу ситуацијата во Грција и ја принудуваше земјата да си ги отплати своите долгови кон ММФ. Таа изјави дека Грција не може да го одлага плаќањето на долговите и дека мора прво да склучи договор со кредиторите за да ги добие потребните пари за спас на економијата и на еврозоната.

всушност и Законот за банки не дозволува поголема изложеност на домашните банки кон нивните матични банки од 10% од сопствените средства, гувернерот Богов со вонредни мерки сепак ги затвори вратите за одлив на капитал. Тој им нареди на македонските банки да ги повлечат сите кредити и депозити од банките во Грција и нивните филијали и подружници во Грција или во странство. Според податоците што тој ги сподели со јавноста, сепак билансот на Македонија со Грција после првата половина од годината е нето прилив од околу 300 илјади евра. Народната банка излезе и со експлицитна забрана за сите резиденти, за вложување во грчки хартии од вредност издадени од централната банка, централната влада, локалната и регионалната власт во Грција, како и хартии од вредност издадени од грчки компании и нивните филијали и подружници во Грција и во странство. Гувернерот Богов потоа изјави дека освен еден инвестициски фонд кој што има вложено околу 150 илјади евра во грчки државни обврзници, други компании и банки немаат во своето портфолио грчки хартии од вредност. „Интенцијата на превентивните мерки е да се ограничат само капиталните одливи кон Грција и кон субјекти во Грција, како што се одливите за основање друштво, вложувања во хартии од вредност, вложувања во документи за удел во инвестициски фондови, вложувања во инвестициско злато, финансиски кредити, долгорочни заеми и слично, но не да се блокира ниту на било каков начин да се отежне сегашното и идното комерцијално работење со субјектите во Грција“, објаснуваат од Народната банка. Тековните трансакции остануваат слободни, не се врши ограничување на приватните трансфери, ниту на трансакциите врз основа на размена на стоки и услуги, како

( во милијарди евра ) 43,8

Франција

38,4

Италија

25

Шпанија

21,4

ММФ

18,1

ЕЦБ

13,4

Холандија САД

11,3

В. Британија

10,8

Белгија Австрија Финска

? 68,2

Германија

7,5 5,9 3,7

на пример, плаќање врз основа на увоз, акредитиви, гаранции, транспортни услуги, туристички и други патувања. Исто така, за да се задржи сигурноста на странските инвеститори за остварување на правата од нивната сопственост во Македонија, НБМ не ги ограничи ниту одливите врз основа на остварените дивиденди. Воведените превентивни мерки се со привремен карактер, со важност од најмногу шест месеци.

Извозот во Грција преполовен! Бизнисмените размислуваат за стопирање на извозот!

Статистичките податоци покажуваат дека ефектите од грчката криза најмногу ги чувствуваат македонските извозници. За

Кому должи Грција

шест години, извозот во Грција е повеќе од преполовен. Ако во 2008 година, во на грчкиот пазар биле продадени производи во вредност од 535 милиони долари, лани вредноста на извозот во Грција изнесуваше 226 милиони долари. Нема податоци како се одвива извозот во првата половина од оваа година и особено последните неколку дена откако грчката криза се продлабочи и кулминираше со катанец на врата на грчките банки, меѓутоа, најновата анкета на Стопанската комора покажува дека соработката се одвива во отежнати услови, што подразбира намален обем на нарачки како резултат на економската состојба во земјата. Извозниците кои што најчесто продаваат во Грција велат дека најмногу стравуваат

рција е повеќе од преполовен, од 535 на 226 милиони долари


www.kapital.mk

Капитал број 818 03.07.2015

16 530

COVER STORY 536

Размена меѓу Македонија и Грција

ИЗВОЗ (во милиони евра)

480

425 380 430

750 700

Размена меѓу Македонија и Грција

804

УВОЗ (во милиони евра)

667

650 600

330

550

292

280 230 180 2007

800

227

214 2008

2009

2010

2011

2012

од евентуален крах на грчкиот банкарски сектор. „Во последниот период работиме со зголемена претпазливост, но партнерите со кои работиме од Грција не уверуваат дека тие ги поседуваат парите кои се потребни за работата да се одвива непречено. Сепак и тие за понатаму оставаат простор да дојде до некаков евентуален привремен застој, но тоа засега не е потврдено. Тие имаат пари, но прашање е како ќе се трансферираат. Начелно сме согласни дека двете страни треба да настапуваат внимателно кон идните нарачки, достави и работи поради евентуално блокирање на плаќањето. Најзагрижени сме од евентуалниот крах на банкарскиот систем во Грција. Ние имаме многу банкарски гаранции и навистина не знам како тоа ќе функционира при колапс на банките“, вели извршниот директор на гевгелиската компанија Конти Хидропласт, Васко Сепетовски. Во исто време, увозот од Грција во последните години расте. Ако во 2008 година биле увезени производи во вредност од 510 милиони долари, лани увозот достигна 667 милиони долари. Гувернерот Богов исто така истакна дека трговскиот канал најбрзо може да ги прелее негативните последици од грчката криза во Македонија. Сериозна по обем, а статистички неевидентирана ставка од економската размена помеѓу двете земји е и дневната преку гранична соработка. Во последните неколку години се повеќе грчки граѓани доаѓаат во пограничните казина, на лекарски прегледи, на пазарење бидејќи овде купуваат поевтина храна, гориво или облека отколку во Грција. Меѓутоа, економистите коментираат дека евентуалниот излез на Грција од еврозоната би значело префрлување на потрошувачката. “Со евентуална грчка

2013

2014

500

512

449

450

416

400 2007

2008

2009

2010

2011

2012

2013

2014

С

игурноста на депозитите на граѓаните и на фирмите е на највисоко ниво, за што гаранција е силната ликвидносна позиција и капитална база на банката, како и високата профитабилност која ја остварува со години наназад. Банката е целосно независна од економските случувања во Грција, бидејќи нема никакви вложувања, односно пласмани во оваа земја, велат од Стопанска банка.

девалвација, грчките производи и услуги ќе станат поевтини за македонските граѓани, но производите и услугите од Македонија би биле поскапи за грчките граѓани. Ова негативно би влијаело на вкупниот биланс на тековната сметка со Грција“, објаснуваат економистите.

Грција е во технички банкрот! Што следи?

Грција од вторникот по полноќ е технички во банкрот, откако не ја исплати во рок ратата од долгот од 1,6 милијарди евра кон ММФ. Некои аналитичари се надеваат дека е можен договор со европските министри за финансии, откако Грција во последен момент пред истекот на рокот на програмата за помош со Тројката достави барање за нова две годишна програма, која би опфаќале нова финансиска помош заедно со реструктирање на долгот. Што и да се одлучи, јасно како ден е дека Грција нема капацитет редовно да го враќа својот преголем долг. Во 2015 година долгот ќе достигне 180% од БДП, или околу 340 милијарди евра, што е највисок долг во еврозоната. Пред да се потпише

програмата со Тројката кредитори, грчкиот долг беше 120% од БДП. Варуфакис по се изгледа е во право кога тврди дека долгот кој Грција го има а кој надминува 330 милијарди евра, и годинава ќе достигне дури 180% од БДП, е преголем и дека земјата едноставно не може да продолжи да функционира ако не се отпише дел од тој долг. Имено, само годинава Грција треба да врати рати од дол од 22 милијарди евра, што е блиску до научна фантастика. Дури и за грчката економија која има БДП од близу 186 милијарди евра. Она што не се соопштува јавно е дека истиот став индиректно го имаат и кредиторите. Имено во една од проекциите на ММФ и кредиторите се предвидува дека дури и Грција да ги прифати сите мерки за штедење и да ги направи сите можн реформи и да остварува максимално можен економски раст, нејзиниот долг до 2030 година ќе остане на ниво од 120% од БДП, што за кредиторите е највисок можен износ на долг кој Грција може да го сервисира. Тоа значи дека де факто програма што Тројката кредитори и ја наметнаа на Грција во 2010 година не нудат никакви изгледи за излез на земјата


www.kapital.mk

Капитал број 818 03.07.2015

17 32.000 30.000

БДП по жител 31k

30%

20%

26k 22k

22.000

20.000 2008

2009

2010

2011

17,7%

15%

24.000

2012

од должничкото ропство во кое земјата беше донесена со неодговорното и преголемо трошење на државата, но и со преголемото и неограничено евтино задолжување на земјата од страна на големите европски банки. Грчкиот премиер Алексис Ципрас, кој победи на на парламентарните избори во јануари годинава имаше програма во која ветуваше дека знае како земјата да ја спаси од ова бесконечно должничко ропство. По доаѓањето на власт тој побара од кредиторите пролонгирање на роковите за отплата на долгот и побара преговори за нови услови под кои ќе се отплаќа долгот, кои ќе подразбираат и отпис на дел од долгот. Но, она на што наиде е ригиден однос од страна на кредиторите кои инсистираа Ципрас да продолжи да ја води економската политика п од ис т ите ус ло в и кои кредиторите и ги наметнаа на земјата во 2010 година. Тоа подразбира повеќе с т рук т урни р е ф орми и либерализацијата во повеќе сфери на економијата, но и зголемување на многу даноци меѓу кои и ДДВ-то, кратење на пензиите и платите во јавната администрацијата, како и кратење на многу социјални трошења на државата. Преговорите меѓу Грција и кредиторите кои траеја повеќе од пет месеци завршија со неуспех, кои кулминираше минатиот викенд кога Ципрас во петокот објави дека за 5 јули закажува референдум на кој граѓаните ќе треба да се изјаснат дали треба да се прифатат или одбијат условите кои кредиторите им ги наметнуваат за да ја добијат потребната финансиска помош. За многумина ова е референдум на кој грчките граѓани ќе одлучуваат дали земјата ќе остане или ќе излезе во еврозоната.

2013

2014

10%

Јавен долг удел во БДП

180% 170% 160% 150% 140% 130% 120% 110% 100% 2014 2008

169%

26%

25%

28.000 26.000

Стапка на невработеност

113%

7,7%

5% 2008

154%

2009

2010

2011

2012

2013

2009

2010

2011

2012

2013

2014


www.kapital.mk

Капитал број 818 03.07.2015

18

COVER STORY

5

политички сценарија за Грција по референдумот!

Планот на грчкиот премиер Алексис Ципрас да одржи референдум на 5 јули за барањата на кредиторите предизвика остри реакции кај кредиторите и во светската јавност предизвика големи стравови за тоа што би се случувало со земјата по референдумот.

1. Оставка на претседателот

Претседателот во Грција главно има церемонијална улога, но во услови на национална итност и криза- може да поднесе оставка. Ако претседателот си поднесе оставка, тогаш референдумот ќе биде одложен се додека не биде избран нов претседател, а за да биде избран на кандидатот му се потребни 3/5 мнозинство во парламентот. Оваа опција е многу неверојатна во моментот, и од кабинетот на претседателот Прокопис Павлопулос велат дека тој нема да си поднесе оставка. Но, поранешниот конзервативен политичар, изјави дека тој нема да биде подготвен да служи како претседател доколку земјата го напушти еврото. Со оглед на тоа дека Сириза нема 3/5 во Парламентот за да избере претседател, доколку се случи оваа оставка, тоа веројатно ќе донесе нови парламентарни избори, објаснува експертот за уставно право на Грција, Никос Скутарис, професор за Европско право на Правниот факултет.

2. Слаба излезност на референдумот

Референдумите не се правно обврзувачки во Грција и на нив се гледа како на „процес за консултација“. Минимум излезност што е потребна за успешност е 40%. Доколку овој праг не се постигне, референдимот нема да се смета за консултативен, и едноставно нема да има никакво значење.

Германија најмногу губи со излез на Грција од еврозоната

Стравовите за излез на Грција од еврозоната се зголемија уште повеќе откако ЕЦБ викендов одлучи да ја исклучи Грција од програмата за итна ликвидност, односно изјави дека нема повеќе да им одобрува пари на грчките банки. Светските аналитичари проценуваат дека по оваа одлука шансите за излез на Грција од еврозоната се многу големи. Но, од друга страна е изјавата на Варуфакиус кој вели дека Грција не размислува за излез од еврозоната и напуштање на еврото, туку само бара промена на условите во

3. Позитивен одговор на референдумот

Грчката Влада изјави дека ќе го почитува резултатот од референдумот, иако ќе ги поттикнува Грците да кажат „не“ на предложениот (од кредиторите) план за спас. Но, аналитичарите велат дека политички би било скоро невозможно Владата да спроведе програма на која толку силно и се спротиставувала. Во таков случај премиерот Алексис Ципрас веројатно ќе поднесе оставка и ќе бидат свикани нови избори.

4. Влада на “националното единство“

Поддршка за планот за спас од страна на гласачите не значи автоматски предвремени избори, дури и ако доведе до распаѓање на Владата. Ако Ципрас поднесе оставка, претседателот може да им даде мандат на опозициските партии да формираат малцинска влада. Така, една евентуална коалиција на центристичката То Потами, левоцентристичката ПАСОК и конзервативната „Нова демократија", ќе треба да го исполни планот за спас, што би бил одобрен од Грците. Последен пат кога Грција флертуваше со референдум - во 2011 година, поранешниот премиер Папандреу беше соборен од власт, откако се откажа од спроведувањето на референдумскиот одговор. Технократската влада што дојде на власт, спроведе избори следната година. „Владите на технократите не траат долго овде“, изјави политичкиот аналитичар Теодор Кулумбис.

5. Негативен одговор на референдумот

Според грчки официјални лица, негативен одговор на референдумот ќе ја засили позицијата на Владата при преговорите со кредиторите, иако тие изјавија, дека понудата за планот за спас истекува на 30 јуни. Ваков развој на настаните ќе ја затвори вратата за дополнителна помош од кредиторите, и најверојатно ќе го забрза излегувањето на државата од еврозоната.

програмата за финансиска помош на земјата и отпис на дел од долгот, кој според него е преголем и неодржлив. Германската канцеларка Ангела Меркел и јасно ги кажа стравовите кои деновите ги има во целиот свет. Дека ако Европа не успее да најде заеднички договор околу ова прашање, тогаш се губи смислата на постоење на еврозоната и на еврото. “Ако падне еврото, ќе падне и Европската унија”, изјави Меркел. Најголемиот страв е дека ако на Грција и се дозволи излез на еврозоната, а со тоа и можност да не ги плаќа своите долгови, истата опција можат да ја побараат и

Шпанија, Португалија, Италија и другите посиромашни земји кои по влезот во еврозоната и по економската криза од 2008 година се гушат во огромни долгови и голема невработеност. Ако тоа се случи, тогаш еврото и сите економски политики на ЕУ паѓаат во вода. Од таквиот развој на настаните ќе изгубат сите и земјите кои ќе излезат од ЕУ, кои ќе се соочат сигурно со финансиски хаос, но најголем губитник се чини ќе бидат богатите европски земји. Ципрас е повеќе од свесен дека на Европа и е неопходна Грција да биде внатре во еврозоната, за да преживее еврото.



www.kapital.mk

Капитал број 818 03.07.2015

20

Капитално

Грчката драма и сеи

Биљана Здравковска Стојчевска biljana.zdravkovska@kapital.mk Зошто никој од тие силни македонски аналитичари, се видни “десничари”, не го поставува прашање кој ја доведе Грција до ова дереџе? Па Сириза и Ципрас се на власт неполни шест месеци. “Комунистот” Ципрас кога дојде на власт затекна долг на земјата од 300 милијарди евра. За пет месеци не можел да ја презадолжи Грција во долгови прегу глава и да сака. Во изминатите четири децении владееја здружено со Грција и како докажани експерти за економија, и докажани и големи “патриоти” десничари земаа кредити како луди за да му испорачуваат на народот лажни економски успеси, високи плати и пензии... Кои ја презадолжија земјата до состојба во која оној кој следен ќе дојде на власт нема да има ама баш никаков простор за маневар, освен да констатира банкрот.

И

И покрај целата сериозност на грчката криза и на ситуацијата во која се наоѓаат Грција, еврото и Европската унија зачудуваат леснотијата и плиткоста со која некои политичари или аналитичари ги коментираат случувањата. Па така еден функционер, истакнат десничар, коментира дека ова се случува секогаш кога на власт се “комуњари” и “соросоиди”. Друг ќе каже дека секогаш кога со некоја земја владеат комунисти и социјалисти се случува хаос и банкрот, оти едноставно се неписмени и не ги бива со економија. Некои се ситат на грчката судбина, па поразот кој им го приредува Европа, го објаснуваат како божја казна оти не ни го признаваат името. Многу интересно. А зошто никој од нив не поставува прашање кој ја доведе Грција до ова дереџе? Па Сириза и Ципрас се на власт само неполни шест месеци. “Комунистот” Ципрас кога дојде на власт затекна долг на земјата од 300 милијарди евра. За пет месеци не можел да ја презадолжи Грција во долгови прегу глава и да сака. На истите тие сеирџии им одговара да се прават удрени и веќе кога коментираат да ги споменат оние кои во изминатите четири децении владееја здружено со Грција и како докажани експерти за економија, и докажани и големи “патриоти” десничари земаа кредити како луди за да му испорачуваат на народот лажни економски успеси, високи плати и пензии... Кои ја презадолжија земјата до состојба во која оној кој следен ќе дојде на власт нема да има ама баш никаков простор за маневар, освен да констатира банкрот. Кога веќе така лесно фаќаат сеир за судбината на грчкиот народ, треба да бидат барем искрени до крај и да

признаат дека Ципрас немаше ни да дојде на власт ако двете најголеми политички партии претходно не направеа пустош во јавните финансии и грчката монополизирана економија, од која со години назад “цицаа” политичките елити и нивните политички поддржувачи. И на крајот двете моќни политички партии во Грција, долгогодишни остри противници во политиката, мораа да направат дури и заедничка влада за да се одбранат од социјалистот и комунистот Ципрас. И грчкиот народ го избра Ципрас на изборите во јануари. Популист, комуњар, социјалист, левичар, економски неписмен, таков –никаков...Но, тој и неговата програма победија на изборите. Но, грчката драма која трае веќе со години влегува во последниот чин. Со тоа што ЕУ одлучи да го прекине кредитирањето на Грција, јавно и повеќе наврати посочувајќи дека главен виновник за тоа е левичарот Ципрас и Сириза која непланирано победила на изборите и која не сака да продолжи да ја води и задолжува земјата под истите услови како што тоа го правеле грчките политичари. Ципрас е во право кога вели дека грчката економија многу полесно ќе ја надминела кризата ако меѓународните кредитори во 2010 година не и ги наметнеле строгите мерки за штедење кои ја убиле економијата и предизвикале огромна невработеност, кои беа услов за земјата да биде финансиски спасена од банкротот кој де факто и се случи кога на власт беше големиот десничар Самарас. Во право е и кога вели дека зголемувањето на даноци за да се отплаќаат преголемите задолжувања од минатото ќе ја доуништат економијата. Ципрас е повеќе од свесен дека на Европа и е неопходна Грција да биде внатре во еврозоната, за да преживее еврото. Бидејќи како што изјави и германската канцеларка Ангела Меркел ако пропадне еврото, пропадна и Европската унија. И навистина ако ЕУ не успее да најде взаемно прифатливо решение за грчката криза, паѓаат во вода сите идеали за европското заедништво. Бидејќи, како што вели и економскиот нобеловец Пол Кругман, дури и оние кои не ја сакаат Сириза, и воопшто


www.kapital.mk

Капитал број 817 26.06.2015

Капитално

ирот во Македонија социјалната идеологија и доктрина кои ги промовираат Алексис Ципрас и неговата Сириза, би требало да се замислат за иднината на ЕУ, кога европските лидери си дозволуваат на ваков начин еднострано да уценуваат една влада која е легално избрана на избори во земја членка на Унијата. Но, Ципрас би требало да биде свесен и за легендата за младиот Икар и што му се случил кога во преголемата амбиција летал премногу блиску до сонцето. И веројатно знае дека неговата амбиција да им докаже на Европа и на кредиторите дека грешат, може да му ја донесе нему и на грчкиот народ истата судбина како на Икар, чии крилја од птичји пердуви залепени со восок се стопиле кога полетал премногу блиску до сонцето по што паднал и се удавил во морските води. И тука веќе се влегува во сосема непознат терен во кој никој не може да претпостави кои ќе бидат вистинските штети ако Ципрас и Грција во ова фаза бидат оставени да се удават. Бидејќи проблемот со Грција е многу комплексен и има повеќе лица или вистини. Сосема е точно дека не може некој кој со години живее на туѓа сметка и троши кредити или туѓи пари да смета дека има суверено право да одлучува независно како ќе ги троши парите. Долговите, односно туѓите пари, кога тогаш мора да се вратат. Тоа се на крајот пари на некој друг кој одлучил да штеди наместо да ги потроши. И тие мора да му бидат вратени. Но, проблемот со неможноста на Грција да ги враќа долговите не е проблем само на Грција. Проблемот е и кај оние кои и дозволувале на Грција постојано со години да се задолжува и да троши туѓи пари. Каде е тука одговорноста на оние кои и давале кредити на Грција и кои знаеле, или би требало да знаат, дека нејзината економија нема капацитет да сервисира и отплаќа толку големи долгови. Колку за потсетување, пред неколку години се дозна дека Грција со години наназад, со помош на една позната американска инвестициска банка, ги лажирала податоците за долгот и дека ако тие податоци биле вистинити и јавно објавени, на земјата не би требало да и биде дозволено да влезе во еврозоната и да го воведе еврото. Неуспешните преговори кои се водеа

неколку месеци помеѓу Грција и Европа, а кои беа олицетворени преку ликовите на грчкиот министер Јанис Варуфакис и германскиот министер Волфганг Шојбле се јасна слика на состојбата во која тоне Европската унија. И да биде парадоксот поголем, за целиот тој период Варуфакис беше тој што се наметнуваше како поголем верник и бранител на европските вредности, наместо Шојбле кој во секоја изјава манифестираше евроскептицизам. Тој евроскептицизам се отслика и на последните евро избори и е се поприсутен во богатите земји, како Германија, Холандија, па и Велика Британија, кои го имаат кешот. Паралелено со овој евроскептицизам, во економски послабиот и посирамашен југ од Европа се засилуваат левичарските партии, кои бараат крај на неуспшените мерки на штедење, но кои исто така забегуваат и во еден сосема друг правец, нудејќи им на граѓаните благосостојба и уште еден куп други популистички и нереални социјални ветувања кои наводно би можеле да станат јаве само кога земјите би си ја вратиле финансиската независност која ја предале кога станале членки на ЕУ. И така доаѓаме до суштинскиот и идеолошкиот судир, околу тоа како треба да продолжи да функционира и да се управува ЕУ, кои економски модели и политики треба да се применуваат во иднина.. Овој идеолошки судир ќе биде пресуден за паѓањето и менувањето на многу европски влади. Јакнењето на левицата во време на економска криза е неизбежно, посебно во време кога европските лидери се немоќни да ја поттикнат економијата. Економската криза во која тонат повеќе земји во ЕУ ќе биде главниот засилувач на овие трендови кои веќе ги гледаме не само во Грција, туку и во Шпанија, Италија, Португалија... и во други европски земји кои се гушат во преголеми долгови и невработеност. Во време кога ЕУ е отворена на многу други конфликти, сосема е извесно дека еврото и Европската унија влегуваат во многу неизвесен и тежок период, кој може да заврши и со распад на идејата за еврозаедница, ако навреме не се направат потребните реформи.

nnn

21


www.kapital.mk

Капитал број 818 03.07.2015

22

анализа

З

Томе Бошевски енергетичар

а било какво предвидување потребни се дополнителни попрецизни анализи, но мора сите да сме свесни дека РЕК Битола не може да трае вечно. Тоа значи дека што побрзо ќе најдеме алтернатива тоа е подобро. Во спротивно ќе мора да се потпираме на увоз.

Т

Атанаско Туневски

поранешен директор на ЕЛЕМ

АП како најизгледна алтернатива на Јужен Тек е се уште во почетна фаза и мислам дека ќе поминат добри пет години додека воопшто дојде до тоа да се преговара за поврзување на Македонија. За ново најавениот руски гасовод преку Турција се уште се знае многу малку но ако тоа е нов проект значи ќе треба да помине доста време додека дојде во фазата на изградба во која е сега Јужен Тек. Во секој случај гасификација на Македонија во скоро време тешко да ќе има.

ЕУ побара да се затворат РЕК Битола и ТЕЦ Осломеј Како за 15 години ќе се најде алтернатива за 80% од домашното производство на струја?!

Македонија пред се поизвесен енергетски крах!

Проценка: Увозот на струја е клучниот адут на кој ќ


www.kapital.mk

Капитал број 818 03.07.2015

анализа

16%

Ќе изнесува учеството на природниот гас во вкупната потрошувачка на енергија во земјава после дваесет година наместо сегашните 1%

23

НАЈНОВО:

ЕЛЕМ бара консултантни за нуклеарна енергија

Е

лектрани на Македонија - Скопје (ЕЛЕМ) распиша оглас за набавка на консултански услуги за перспективите за примена на нови технологии вклучувајќи и нуклеарна енергетика. Проценета вредност на договорот без ДДВ е 1.200.000 денари, а понудите треба да се достават најдоцна до: 30.06.2015 во 12.00 часот. Капитал и претходно пишуваше околу остварливоста поточно неостварливоста на овој проект и тогаш сите заклучоци беа уеадначени, дека вртење кон сензационални решенија е само дефокусирање од ургентните енергетски проблеми со кои се соочува земјава.

Ако ги затвори РЕК Битола и Осломеј како што бара Европската унија земјава ќе се соочи со енергетски крах и со 80% зависност од увоз. Ова е уедначен став на сите експерти кои ги консултираше Капитал на темава. Прашањето кое останува е има ли Македонија алтернатива на јагленот?

И пишува:

Дејан Азески

dejan.azeski@kapital.mk

Инвестиции од 2 до 3 милијарди евра, зголемена потрошувачка на електрична енергија до 48% и повеќе од 100% поскапа струја. Ова се трите главни предизвици со кои ќе се соочи македонската енергетика во наредните 20 години. Кога на ова ќе се додаде фактот дека се поизвесно (под внатрешен и надворешен притисок ) го губиме јагленот како носечки енергенс, македонската енергетска иднина не делува нималку розово. Ако се знае дека целосно неизградената гасна инфраструктура и преголемите инвес тиции кои се потребни за искористување на хидропотенцијалот се единствените две изгледни алтернативи на јагленот тогаш не е чудно што тивко веќе се коментира дека увозот на струја и во иднина ќе е клучниот адут на кој ќе се потпира македонската енергетска оддржливост.

Зависноста од јаглен допрва ќе ни се удира од глава

Европската Унија ќе побара до 2030 година термоелектраните Осломеј и РЕК Битола да бидат реновирани или затворени. Ова е дел од истражувањето на Фондацијата „Мрежа за промени на Југоисточна Европа“ според кое во земјите од балканскиот регион поради застареност и неисполнување на стандарди на Европската унија би требало да се реновираат или затворат 13 термоелектрани. Ваквите најави се само дополнително долевање масло на огнот на ионака комплицираната состојба со јагленот како најголем стратешки ресурс на Македонската енергетика. Првичните проценки се дека ако ја изгубиме можноста за употреба на тврдото гориво на кое потпираме повеќе од 70% од домашното производство тогаш земјава ќе стане целосно увозно зависна во поглед на електричната енергија. Меѓу редови ова се признава и во нацрт енергетската стратегија (до 2035 година) која неодамна ја објави МАНУ. Таму буквално стои дека: „Исцрпувањето на домашните капацитети со јаглен ќе резултира со пад на неговото учество во вкупната потрошувачка од 50 на 25%“. Сепак најстрашен од се е фактот дека Македонија можеби и нема да дочека Европската Унија да побара од нејзе затворање на РЕК туку ќе мора самата да го затвори носечкиот енергетски капацитет поради дотраеност. Веќе од поодамна не се крие од јавноста дека производствениот рок на РЕК Битола истекнува за неколку години, а нејзината замена од 300 мегавати е предвидено да се гради дури по 2031 година логично се наметнува прашањето што ќе прави Македонија измеѓу? Академик Томе Бошевски предупредува

БРОЈКИ

24%

Ќе изнесува потрошувачката на електрична енергија во вкупната потрошувачка во 2035 година, што е сериозно намалување во однос на сегашните 32%

50%

Ќе изнесува падот на учеството на јагленот во вкупната потрошувачка на енергија од 50 на 25% до 2035 година

100%

Ќе изнесува растот на цената на струјата во наредните две децении или поконкретно од сеганите 43 на 90 евра за мегават час.

дека во овој дел е потребно да се направат најпрецизните анализи и да се обрни најмногу внимание со оглед на значењето на јагленот за македонската енергетика. „За било какво предвидување потребни се дополнителни попрецизни анализи, но мора сите да сме свесни дека РЕК Битола не може да трае вечно. Тоа значи дека што побрзо ќе најдеме алтернатива тоа е подобро. Во спротивно ќе мора да се потпираме на увоз“вели Бошевски.

ќе се потпира македонската енергетска одржливост


www.kapital.mk

Капитал број 818 03.07.2015

24

анализа

А

Т Глигор Каневче енергетичар

реба да се реализира изградбата на инфрастурктурата и гасификација на целото подрачје на Македонија. Капацитетот на постојниот магистрален гасовод во поттполност да се искористи и да се работи на приклучување на нови правци и извбори на снабдување со што ќе се обезбеди сигурност во снабдувањето, а со самото тоа и намалување на цената на гасот.

Кочо Анѓушев

енергетска асоцијација

ко ценовното ниво достигне 90 евра по мегават, како што е планирано, ќе се обезбеди рентабилност на инвестициите во обновливите извори на енергија, меѓутоа ако таа биде пониска, ќе биде доведена во прашање рентабилноста на инвестициите. посебно ако се имаат предвид напуштањето на повластените тарифи.

Академикот не е далеку од реалноста бидејќи според стратегиите македонската држава долгорочно како крајна опција планира и увоз на јаглен кој во комбинација со евентуални нови инвестиции би ги продолжил за некое време животниот век на нашите сегашни носечки енергетски објекти. Но исто така и дополнително би го оптеретил увозното портфолио кое веќе со децении ја гуши нашата енергетика.

Потребни се милијарди евра инвестиции во енергетиката !

Македонија до 2035 година во енергетскиот сектор треба да инвестира од 2 до 3 милијарди евра со цел да се намали зависноста на приватниот и правниот сектор од електрична енергија, а поголем дел од него наместо кон струја да се ориентираат кон употреба на гас. Ако се знае дека во изминативе 20 години земјава има изградено едвај два поголеми енергетски производствени капацитети (ХЕЦ Козјак и ХЕЦ Света Петка) кои не чинат повеќе од неколку стотици милиони евра, природно се наметнува прашањето дали е реално да се очекува Македонија така нагло да ја интензивира инвестиционата политика во енергетиката. Според академик Томе Бошевски дефинитивно станува збор за сериозни средства кои не се обезбедуваат преку ноќ но дека самата неопходност на проектите ќе ја примора Македонија да инвестира повеќе од колку досега. „Ова е повеќе прашање за министерот за финансии. Јас можам да кажам дека ние имаме потреба од такви инвестиции, а знаете дека кога се мора не е тешко нешто да се обезбеди или направи“, вели Бошевски. Сепак сите енергетичари не се толкави оптимисти. Експерт кој често го консултира Капитал вели дека Македонија и претходно краткорочно одлагала неопходни инвестиции кои подоцна предизвикувале долготрајна штета, а најголем доказ за тоа е зголемениот увоз на струја. „Оној кој се сеќава колку време во експертската и пошироката јавност се споменува изградбата на Чебрен, Галиште, Гасификацијата , па и изградбата на нуклеарна централа во Мариово

Изградбата на хидроцентралите во лер

П

окрај во гасот и јагленот кога се работи за македонската енергетска иднина академиците големи надежи полагаат и водниот потенцијал на земјава. Тие предвидуваат дека хидроелектраните во Македонија во иднина ќе произведуваат 32% од потрошената енергија наместо досегашните 12. Точно е дека водниот потенцијал во Македонија е искористен со едвај 26% и дека од вкупно 8.863 гигаватчасови теоретски потенцијал на Македонските реки досега се искористени само 1.471 гигаватчас. Но точно е и дека за да се искористи максималниот капацитет на овој воден потенцијал се потребни дополнителни инвестиции од барем три милијарди евра според сегашни цени. Во однос на изградба на нови хидроцентрали веќе и парите не се доволна гаранција. Земјава покрај тоа што се соочува со повеќе од десет пропаднати тендери за ХЕЦ Чебрен и ХЕЦ Галиште се соочува и со блокада на изградба на планираните хидроцентрали Бошков Мост и Луково Поле. Јавна тајна станува и фактот дека последната изградена голема хидроцентрала ХЕЦ Света Петка има проблеми со функционирање и работи со никаков или само делумен капацитет. веднаш ќе препознае дека од ваквите долгорочни стратегии и планови можно е да се реализира само мал процент. Поконкретно тоа значи дека ако е реално потребно да се инвестираат три милијарди ќе се инвестира една милијарда, а можеби и помалку. Е сега кусокот на енергија која ќе се појави како последици на одложените инвестиции повторно ќе се надополнува по

старата добра навика со увоз “

На гасот најмногу се надеваме, а гасификацијата уште е само на хартија

Во однос на природниот гас до 2035 година, се очекува изградба на инфаструктура која ќе овозможи драстично зголемување на моменталната потрошувачка на овој енергенс во Македонија. Конкретните

ЕУ: 13 електрани на Балканот треба да бидат затворени до 2


www.kapital.mk

Капитал број 818 03.07.2015

25 Јагленот, гасот и водниот потенцијал како три главни точки на кои се потпира македонската енергетска стратегија до 2035 година според независните експерти стојат на стаклени нозе. Истрошеноста на Термоелектраните, целосно неизградената гасна инфраструктура и преголемите инвестиции кои се потребни за искористување на хидропотенцијалот со право отвораат прашање околу енергетската иднина на земјава. Тивко веќе се коментира дека увозот на струја и во иднина ќе е клучниот адут на кој ќе се потпира македонската енергетска одржливост.

Рентабилноста на обновливите извори на енергија под знак прашалник?

С

предвидувања се дека електричната енергија од сегашните 32% учество во вкупната потрошувачка ќе опадне на 24%, додека природниот гас од 1% учество ќе порасне на 16%. Но никој не кажува како ова ќе се оствари кога во Македонија не постои ниту основна гасоводна мрежа до 90% од домаќинствата и фирмите, кога капацитетот на постоечкиот гасовод не е доволен ниту за моменталните индустриски објекти кога би работеле со полна пареа и кога надворешното снабдување на земјава станува крајно неизвесно. Еве што се предлага академик Глигор Каневче за овие проекции да можат да се реализираат. „Треба да се реализира изградбата на инфрастурктурата и гасификација на целото подрачје на Македонија. Капацитетот на постојниот магистрален гасовод во поттполност да се искористи и да се работи на приклучување на нови правци и извбори на снабдување со што ќе се обезбеди сигурност во снабдувањето, а со самото тоа и намалување на цената на гасот. Македонија треба да почне да работи со околните земји и на изградба на регионална инфраструкрура, и можности

за голем број на снабдувачи со што ќе има предуслови за развој на пазар на природен гас“ смета Каневче. Неговиот колега енергетичар Атанаско Тунески поранешен директор на МЕПСО е поголем песимист од него во однос на реализацијата на регионалните проекти од кои е зависна Македонија и нивното влијание врз домашаната гасификација. Според Туневски можеби по примерот на Струмица некои општини ќе се врзат со Бугарија но целосна Гасификација во скоро време тешко да ќе има. „ТАП како најизгледна алтернатива на Јужен Тек е се уште во почетна фаза и мислам дека ќе поминат добри пет години додека воопшто дојде до тоа да се преговара за поврзување на Македонија. За ново најавениот руски гасовод преку Турција се уште се знае многу малку но ако тоа е нов проект значи ќе треба да помине доста време додека дојде во фазата на изградба во која е сега Јужен Тек. Плус тоа и едниот и другиот гасовод се предвидуваат поврзување на Македонија преку Грција што ја прави земјава дополнително зависна. Сите знаеме какви се односите со јужниот сосед и колку лесно може да се блокира таквото поврзување“ вели Туневски. nnn

поред работната верзија на стратегијата, се планира земјава да произведува околу 330 мегавати енергија од ветерници и фотоволтни централи, или до 2035 година се планира производство на 1.800 мегавати електрична енергија од различни обновливи извори. Како што погоре споменавме се предвидува и дека во следните 20 години цената на струјата, од сегашните 43 да порасне на 90 евра за мегават час, а од поодамна е познато дека дека фотоволтаиците од 2026 нема да користат повластени тарифи. Сето ова заедно создава сомнеж кај познавачите и експертите дека под предвидените услови инвестирањето во обновливи извори на енергија ќе е исплатлив бизнис. Бизнисменот Кочо Анѓушев кој е и претседател на Македонската енергетска асоцијација вели дека од цената на електричната енергија на која се базира стратегијата ќе зависи и натамошното инвестирање во енергетски капацитети и нивната рентабилност. „ Ако ценовното ниво достигне 90 евра по мегават, како што е планирано, ќе се обезбеди рентабилност на инвестициите во обновливите извори на енергија, меѓутоа ако таа биде пониска, ќе биде доведена во прашање рентабилноста на инвестициите. посебно ако се имаат предвид напуштањето на повластените тарифи“, предупредува Анѓушев.

2030. заради застареност и неисполнување на стандарди


www.kapital.mk

Капитал број 818 03.07.2015

26

интервју

"Капитал" издвојува една поинаква бизнис практика

Марија Ивановска

Дијана Панова

Методија Миноски

ПРОКРЕДИТ ЕКО АКЦИЈА за намалување на употребата на пластичните кеси

ПроКредит Банка неодамна почна акција “Размисли одговорно“ чија цел е подигнување на свеста за негативното влијание на пластичните кеси кои завршуваат во животната средина. Во рамки на кампањата ПроКредит на граѓаните им подарува платнени ЕКО торби, изработени од органски памук со меѓународен сертификат за стандардизирано производство со минимален ефект врз животната средина. Разговаравме со тимот вклучен во реализацијата на оваа кампања за тоа што значи оваа кампања за подигањето на еколошката свест на македонските граѓани и кои ќе бидат бенефитите за пошироката општествена заедница.

Загадување: Преку 100 милијарди нееколошки


www.kapital.mk

Капитал број 818 03.07.2015

27

П

росечниот Европеец користи 190 пластични кеси годишно или вкупно околу 100 милијарди кеси годишно се користат на континентот. Од нив, 8 милијарди остануваат по реките и езерата, полињата и по патиштата. Европскиот парламент неодамна ја усвои директивата за намалување на потрошувачката на пластични кеси. Со новите законски измени кои ќе стапат на сила до 2019 година во Европа нема да има повеќе бесплатни кеси. На сите оние граѓани кои го надминуваат лимитот од 90 кеси годишно ќе им бидат наметнати цени за секоја наредна. Групацијата ПроКредит во 11 земји од регионов каде е присутна со своите операции, вклучително и Македонија, ја спроведува кампањата “Размисли одговорно“ и се вклучува во европските иницијативи за намалување на штетното влијание на пластичните кеси. Разговаравме со:

Дијана Панова советник за бизнис клиенти

Методија Миноски

одговорен за управување со животната средина

Марија Ивановска

одговорна за маркетинг комуникации.

XX Што подразбира акцијата „Одговорно размислување за животната средина“ што ја стартувавте? Од каде иницијативата за неа? Методија: Банките во рамки на ПроКредит Групацијата негуваат една клучна вредностодговорност кон животната средина која е вградена и во нашата мисија за поддршка на економскиот развој на малите и средни бизниси на еколошки и одржлив начин. Ние нашата улога ја гледаме подалеку од основната дејност на една финансиска институција. Свесни сме за негативните ефекти кои сите ние како индивидуи и инстутиции со нашето делување и навики ги причинуваме на животната средина и врз основа на ова прашање делуваме навистина системски - започнувајќи од личната култура на вработените, преку кредитирањето, па сè до подигнувањето на општата свест кај граѓаните.

Марија: Оваа година во рамки на акцијата за одговорно размислување кон животната средина упатуваме порака за штетноста на пластичните кеси, кои се вториот најзастапен отпад во животната средина, по отпушоците од цигари. Во акцијата се Производството и употребата на истите причинува штета – од вклучени сите една страна се искористуваат вработени во значајни природни ресурси, а ПроКредит, од друга страна пак за истите како и бројни немаме соодветен систем за партнери на управување со отпад, со што банката. најчесто завршуваат насекаде околу нас. Затоа во рамки на акцијата на граѓаните им подаруваме ЕКО торби изработени од 100% органски памук, произведени според стандарди за најмало можно влијание врз да поттикнеме добри навики - замена на животната средина. Про Кредит како Групација пластичната кеса со алтернатива која е до крајот на оваа година ќе подари над 600.000 практична, модерна, пред сè помалку еко - торбички во 11 земји од Југоисточна загадува и не нанесува трајни штети на Европа, каде статистиките за употреба на животната средина. Ние во ПроКредит пластичните кеси се далеку над просекот. сме скромни и свесни дека не можеме да Со тоа сакаме да дадеме практична идеја го промениме светот, но сме сигурни дека како секој еден од нас може да даде активен можеме да обезбедиме добри примери со придонес за намалување на користењето на преземање на директни иницијативи. пластика и со тоа да направи подобро место за живеење. XX На кој начин ја пренесувате XX Велите дека акцијата се спроведува комуникацијата, со оглед дека низ 11 земји од Југоисточна Европа акцијата подразбира присуство каде што Прокредит е присутна. на терен, ги вклучува вашите Која е целта и очекувањата од клиенти, партнери и сл.? акцијата? Дијана: Сакаме пораката да допре до што е можно повеќе луѓе низ директен разговор Марија: Да, ова е меѓународно делување кој информира, поттикнува размислување на ПроКредит банките. Пораката е насекаде и лична одговорност. иста-размислете одговорно за Особено значајна улога во животната средина, за идните Еко инвестициите рализацијата на оваа мисија генерации, за иднината која е во бизнисот се имаат нашите клиенти, бројни во вашите раце. Целта е да ја вложувања македонски мали и средни подигнеме свеста за негативното во својата, но биз ниси, сор аб от ници и влијание на пластичните кеси кои и во иднината партнери на ПроКредит со завршуваат насекаде околу нас и на следните кои делиме исти вредности ги загадуваат воздухот, почвата, одговорност, грижа и делување водата и храната која ја јадеме, а генерации. за животната средина. Преку некако го занемаруваме. Сакаме

и пластични кеси се трошат во Европа годишно


Капитал број 818 03.07.2015

28

www.kapital.mk

интервју

продажните места на сите оние кои ја подржаа акцијата, подаруваме платнена Еко торба и испраќаме порака до граѓаните. Со ПроКредит преку тоа граѓаните не само што добиваат подарок кој може интерен систем да го користат за своите за управување пазарења во иднина, туку го контролира имаат можност веднаш директното влијание активно да придонесат за што банката го помалку пластични кеси има кон животната околу нас. средина. XX Како банка стимулирате инвестиции во проекти кои што се директно или индиректно поврзани со на струја, поставиле сончеви колектори екологијата, заштедата на и веќе се независни енергетски субјекти. енергија, итн. Што би кажале Инвестициите во обновнливите извори на за свесноста на македонските енергија сè повеќе се предизвик и мотив бизниси за вакви одговорни за размислување на многу сопственици. практики? Како размислуваат Преку 20 милиони евра исплатени кредити бизнисмените? е само пример дека свеста кај македонските Дијана: Нашата одговорна улога бизниси од година во година расте, но сè уште кон животната средина се темели на сме далеку од она што се случува во Западна кредитирањето-нашата примарна дејност. Европа, Германија на пример. Со ваквите ПроКредит има јасно утврдени стандарди инвестици бизнисмените инвестираат во за тоа какви бизнис активности поддржува, својот бизнис, својата но и иднината на преку кои сме сигурни дека бизнисите кои следните генерации. ги кредитираме немаат негативен ефект врз XX Споменавте дека тргнувате од себе животната средина. и велите дека секој еден вработен Имам прилика да запознаам и работам во ПроКредит ја има таа култура со претпремачи кои реализирале многу за грижа кон животната средина и практични и интересни решенија - загревање ресурсите. Што практично значи тоа? на своите објекти со биомаса која се добива од одпадокот од Ме тоди ја : О в а п од р а з б и р а прехранбено производната Помалку континуирано имплементирање на индустрија, како што се семки пластични технички мерки и интерни процеси од различни овошки: цреши, кеси значат кои имаат за цел заштеда на ресурси кајсии, праски. и енергија. Ниту една техничка Исто така има клиенти кои почиста мерки не може во целост да даде имлементирале системи за животна ефекти доколку вработените не се управување на активната средина, инволвирани во активности или се моќност на електричната поквалитетна однесуваат не одговорно во начинот на енергија. Практично преку храна и искористувањето на ресурсите. Од таа интерни системи и сензори причина континуирано организираме подобро го раководат користењето интерни кампањи и обуки со кои сите на енергија во и по периодот здравје за вработени се едуцираат и мотивираат на работните часови. Да секој од нас. за активен придонес за оваа цел. ги спомнеме и оние кои Кај голем број колеги тоа значеше инвестирале во алтернативни менување на индивидуалните навики, извори на енергија: хидроцентрали, креирање на тимски решенија во рамки фотоволтаични централи за производство на филијалите или самите сектори со кои

подобро ќе управуваат со ресурсите. Од ова произлегоа многу иновативни решенија- апликација со која вработените на максимално ефикасен начин меѓусебно го делат и организраат превозот до работа со што користиме помалку возила, управување со отпадот (селектирање и рециклирање), замена на пластични чаши и прибор за само една употреба со стаклени, станавме активни корисници на органска храна за која сме свесни дека влијае позитивно на нашето здравје и на животната средина.Оваа интерна култура која е развиена во нашата институција, ги следи наште вработени и надвор од нивното работно време. Многу често колегите се консултираат за мерки кои планираат да ги применат во нивните домови, во секојдневните лични навики со кои придонесуваат кон заштеда на енергија и заштита на животната средина. X Која е пораката до сите претпријатија и граѓани? Дијана: Иднината е во наши раце. Еко инвестициите во бизнисoт се одговорна и одржлива практика и се инвестиција во својата но и во иднината на следните генерации. Затоа што животната средина ни е важна. Марија: Еве да започнеме од утрешната навика за употреба на пласична кеса при пазарењето и да ја замениме со платнена или можеби корпа. Верувам сите ги паметиме добрите навики од пред 10 тина-15 години: на пазар со корпа или торба, затоа што тоа е домаќински и добро, а и пријателски кон животната средина. nnn

Акција: Прокредит ќе подели 600.000 еко-торбички во регионот



Дводневна обука на тема: „Имплементација на Управување со ризици во организацијата според стандардот ISO 31000” 13 и 14 јули 2015 година (понеделник и вторник), 09:00-16:00 часот, во просториите на Институт КОНЦЕПТ, Скопје (Обуката е наменета за компании од производствена и услужна дејност: металопреработувачка, хемиска, автомобилска, текстилна индустрија, фармација, телекомуникации, банкарство, осигурување, земјоделство и сл.)

Рок за пријавување: 9 јули 2015 година

КОНТАКТ: м-р Ленче Зикова и м-р Бојана Делидинкова

       

Ден 1: Концепти и дефиниции од управување со ризикот Вежба 1 – Личен vs. организациски апетит за ризик Стандардот и регулаторната рамка Дефинирање на рамка за управување со ризикот Вежба 2 – Воспоставување на контекст Улоги и одговорности за управување со ризик Вежба 3 – Дефинирање на критериуми за оценка на ризик

Ден 2:  Идентификација на ризици  Вежба 4 – Идентификација на изворите на ризици  Анализа и евалуација на ризиците  Вежба 5 – Идентификување на влијание и веројатност  Третман на ризици  Вежба 6 - Опции за третман на ризици  Прифаќање на ризикот и управување со преостанатиот ризик  Комуникација и консултација во врска со ризиците со засегнатите страни  Вежба 7 – Комуникација во врска со ризиците  Мониторинг и преиспитување на ризикот

 е-маил: institut@koncept.com.mk • 02 3216 962

м

!"#$%&'$ & ()" *%+ ,- $



Капитал број 818 03.07.2015

32

www.kapital.mk

интервју

Златко Најдовски генерален директор на Млекара АД Битола

Планираме голем раст на извозот - цел се рускиот пазар и ЕУ! Четири милиони евра е приходот од извоз лани, а оваа година очекуваме преку осум милиони евра. За 2016 планираме влегување на рускиот пазар, како и многу посериозно во ЕУ, со цел да го зголемиме извозот драматично. Очекуваме и во САД да продаваме најмалку колку и оваа година, а тоа е преку 1.3 милиони килограми тврдо сирење.

Потенцијал: Консумацијата на млеко


www.kapital.mk

Капитал број 818 03.07.2015

интервју

Б

33

разговара:

Љупчо Зиков

ljupco.zikov@kapital.mk

Бизнисот со млеко предизвикува прилично контроверзи во македонската јавност последниве години – државните субвенции во млекопроизводството растат секоја година, но млеко на пазарот има сè помалку, а увозот се зголемува. Разговаравме отворено со Златко Најдовски, директорот на најголемата млекарница во земјава, Битолска, за тоа каде се всушност најголемите проблеми во оваа индустрија и што треба да се направи за да се зголеми домашното производство и извозот на млеко и преработки. Најдовски ни ги откри и плановите за зголемување на извозот на БиМилк, при што главни таргети за освојување ќе бидат рускиот пазар, ЕУ и регионот. XX Директоре, за почеток, дајте ни еден кус преглед на состојбата со млекопроизводството во Македонија: колку всушност млеко се произведува во државава, има ли доволно млеко за преработка, колкав е увозот? Ние како држава секогаш мора да излегуваме со точни бројки. Тоа не е тајна и секоја нормална држава излегува со прецизни бројки, колку е увезено, колку е продадено, колку е произведено, итн. За жал, прецизни и навремено ажурирани бројки ние сè уште немаме. Во БиМилк користиме податоци од државната статистика и наши интерни процени. Според нив, како држава произведуваме околу 150-165 милиони литри кравјо млеко на годишно ниво, а предадени на млекарници, односно количини што се субвенционирани се околу 135-140 милиони. Значи околу 20-тина милиони литри млеко се оние што одат за хранење на подмладокот, а тука влегува и сивата продажба. Ако ја разгледуваме продажбата на млеко во Македонија наспроти производство, имаме еден јаз кој е прилично голем и изнесува 40-тина милиони литри, што значи нашата комплетна побарувачка на млечни производи и млеко е преку 200 милиони литри , и тој недостиг се надоместува со увоз, пред сè од регионалните пазари. XX Каде е Македонија со млекопроизводството во

споредба со балканските земји? Периодот на транзиција го поминаа лошо. Да ја земеме Србија за пример. Србија Тоа е опасност и за Македонија. има огромно производство на млеко, Во ЕУ може да извезуваат само фарми кои околу 1,5 милијарда литри, и тие се ги исполнуваат европските стандарди, но не практично избалансирани со продажбата можат сите фармери да инвестираат за да и потрошувачката. Имаат многу послаб ги исполнат тие критериуми. Фармерскиот извоз, како и сите балкански држави. Босна бизнис тежи стотици илјади евра. и Херцеговина пак, овој момент има околу На пример, за една фарма од триесетина 250 милиони литри производство, но со крави ви требаат околу 100 илјади евра. години имаше тежок дефицит на млеко. Е сега, замислете ви доаѓа некој и ви вели Тие се и поголем пазар дека не работите според од Македонија, преку 4 Во овој момент сме европски стандарди и дека милиони луѓе. треба или навреме да ја Во консумација на млеко убедливо број 1 осовремените фармата, или ние сме меѓу најслабите во на пазарот. Знам не можете да произведувате регионот. Македонците се со каква маржа млеко. Тоа не може да се народ кој јаде повеќе сирење, работиме и знам случи преку ноќ. а со течната програма сме колку е тешко XXКако стои севкупно најслаби. македонскиот е да се работи Грција, на пример, има пазар, на пример во овој бизнис. производс тво од 70 0 како го оценувате Очекувам бројот милиони литри годишно, а млекопроизводството побарувачката изнесува 1,5 на млекарници во Македонија, на кое милијарди литри. Тој огромен да се намали. Во ниво на развој е во јаз го надополнуваат со млеко Македонија ќе моментов? од ЕУ, претежно од Германија, успеат големите Сè уште ни фали структуХоландија, итн. Бугарија млекарници, оние и р а н о с т н а п а з а р о т, е во најлоша состојба, премногу е расцепкано кои имаат затворен бидејќи имаa најголем пад млекопроизводството. Точно систем и комплетно во млечната индустрија, а е дека мрднавме малку многу фарми и млекарници млекопроизводство, напред изминативе години пропаднаа. а не хибридни и бидејќи околните пазари, измутирани линии. XX Зошто се случи тоа во па и нашиот е немилосрден, Бугарија? како за фармерите, така и Затоа што Бугарија премногу за операторите со храна. брзо влезе во ЕУ. Претходно Значи, работиме во тие прифатија многу реформи и кога дојде до потешки услови отколку порано, бидејќи чинот на нивна реализација, излезе дека тие имаме зголемена ефикасност во регионот, не исполнуваат ниту еден стандард на ЕУ. зголемена конкурентност. Не треба да правиме копирање на нивното Има млеко кое не е многу скапо, а има искуство. Бугарите влегоа брзо, прифатија одличен квалитет, и таквите брендови сè и доживеаjа крах. влегуваат на пазарот со ниски цени. Која Јас не сум многу запознаен со тој сектор е нивната стратегија, ќе се види во идниот таму, сум бил неколку пати, сум посетил период. Сите знаеме дека кога се освојува фарми и млекарници, меѓутоа тоа не е тоа. пазар не се избираат средства и може да

о може да се зголеми за најмалку 30%


www.kapital.mk

Капитал број 818 03.07.2015

34

интервју

се работи без профит. Ние тоа како бренд број еден во Македонија не смееме да си го дозволиме и да работиме во минус.

"Преку 80% од фармите за млеко во Македонија работат неефикасно" XX Кои се според вас најголемите проблеми во млечната индустрија? Дефинитивно, прво е пристапот кон решавање на квалитетот на суровото млеко. Постои закон кој ни дозволува1,5 милиони бактерии во еден литар, но на терен имаме и повеќе од тоа. Не се работи тука само за безбедност на храната, туку за ефикасност во самото производство и во трошоците во финалниот производ. Наместо да работиме ефикасно и на поголема продуктивност, ние заостануваме зад регионот. Имаме премногу разбиени фарми. Неколку илјади фарми се премногу за овој пазар. Во Македонија и со една крава се регистрираат како фармери. Со бројка од 3 до 5 крави се 80% од производителите на млеко во Македонија. Ако поделите 70 000 крави со тие 135-140 милиони литри годишно ќе ја видите нашата продуктивност. Ако во ЕУ се произведуваат 7 тони по крава, а во Македонија 2-3, тогаш вие не сте конкурентни. Она што најмногу ги погодува фармерите е што земјата не е окрупнета, поседите се ситни, и тогаш е екстремно непродуктивно да се произведува. Кај нас блоковска поделеност на парцели нема. Грубо кажано, имаме премногу фарми, со многу мала ефикасност. Преку 80% од нив работат неефикасно. Има повеќе од 70 регистрирани млекарници во Македонија. Треба да се знае дали сето тоа е лојална конкуренција на пазарот. Дали сите работат под исти услови. Честопати разговарам со нашите инспекциски служби, со кои имаме одличен однос, и честопати знаат да им прогледаат низ прсти. Малку сме опуштени и треба да сме повеќе строги во однос на конкуренцијата, но и таа кон нас. Не може во земја со толку малку производство да има толку многу млекарници. XX Од овие 70 млекарници, колку извезуваат? Постои извоз, но е минимален. Само неколку млекарници извезуваат. Вкупниот приход од извоз во минатата година беше 4 милиони евра за сите млекари. Каде што доминираме ние како БиМилк. Но, увозот изнесува 30-тина милиони евра. Јас сум спремен да кажам колку млеко откупуваме, имаме јаз кој го увезуваме и тоа не е тајна. Никој не би сакал да увезува ако не мора, но ние не можеме да ја задоволиме американската и канадската побарувачка, на пример, ако немаме увоз. Немаме толку суровина за преработка. XX Колку македонските фарми од кои што откупувате млеко инвестираат во себе? Во моментов инвестира едно јадро на фарми, само 50-тина до 100 фармери од

Имаме премногу разбиено фармерство за млекопроизводство. Неколку илјади фарми се премногу за овој пазар. Во Македонија и со една крава се регистрираат како фармери. Со бројка од 3 до 5 крави се 80% од производителите на млеко во Македонија.

"Не знам дали Сорос е сопственик на Имлек, односно на БиМилк" XX Вие припаѓате на еден систем, Имлек, односно МидЕуропа фондот. Со оглед на тоа што во македонската јавност постои голема неинформираност околу овие односи, што значи тоа за млекарницата? Дури се појави и вест во српските медиуми дека и Џорџ Сорос е во сопственичката структура на фондот што ја управува Имлек, па индиректно е сопственик и на Битолска млекарница. Дали е ова точно? За ова последново не знам, искрено да ви кажам... Јас комуницирам со менаџментот од Белград, каде што е нашата мајка компанија веќе осум години, но имаме огромна автономија и нашите резултати одат во прилог да ја зачуваме автономијата која ни е дадена. Важно е што огромен дел од нашата добивка останува во БиМилк и се реинвестира. илјадници кои работат на пазарот. XX Што значи инвестирање во фарма? Прво треба да се одбере вистинското место на фарма. Да се има јасна стратегија дали сакате да водите фарма и кои се вашите цели. И не треба да се претера со инвестиции. Кај нас ставаат бетонски плочи во фармите, тоа е грешка, така само губите пари и ги упропастувате животните. Потребен ви е добар, едноставен систем за функционирање и одлични животни, затоа што квалитетни грла добиток се здрава инвестиција . Не инвестирајте премногу во механизација, туку поекономично е да се направи т.н. машински прстен на фармери, да има кооператива во која ќе се знае дека има еден комбајн, два трактори и сл., кои што ќе опслужуваат неколку фармери, а не секој фармер да има сè. Кај нас главно инвестициите одат вака: Прво се купува трактор, добар и скап, дали треба или не треба, тоа е друго прашање. Се купуваат половни комбајни од ЕУ, за кои што имате разни давачки, царини и сл. а

колку квалитетно ќе ја заврши тој работата е дискутабилно. Кравите се релативно скапи за купување, но ниту едно инвестирање во генетиката не е залудно. На пример, на пазарот кравите достигнуваат цена и од над 2.000 евра. Тие од над 2.000 евра даваат над 10 тони млеко, додека за пониска цена се добива послаб квалитет во ранг од 6-8 тони млеко годишно. А, трошоците за одгледување се исти, таа што дава повеќе млеко не јаде повеќе храна!? XX Колкава е најоптималната бројка на крави што треба еден фармер да ја поседува, за да обезбеди пристоен живот и да заработи нешто? Кај нас едно фармерско семејство добро може да живее со 30 крави.

"Овчото и козјото млеко се огромен неискористен потенцијал“ XX А, каде сме со овчарството во земјава? Традиционално во Македонија се пашни овци,

Приоритет: Треба да се форсира фармер


www.kapital.mk

Капитал број 818 03.07.2015

35

Со поранешниот заменик-министер за земјоделие Зоран Коњаноски

Најмалку уште три машини се планираат во делот за свежо млеко и јогурти

БиМилк планира нови инвестиции во погонот за сирење

но се појавува и друга идеја, неискористени потенцијали, пасишта колку шталско чување. Што тоа значи во сакате, зошто би трошеле пари за шталско одгледување. Македонија може да го подига поглед на продуктивноста, што им бројот на овци до милион и пол, па потоа да советувате на фармерите? Ние треба да се гордееме со овчарството, размислуваме за интензивно фармерство. бидејќи само ние и Грција произвeдуваме Сè уште може да си го дозволиме “луксузот“ овчо млеко. Сега имаме околу 750 000 овци, на екстензивното овчарство. а порано имало преку 2 милиони овци во XX Што се случува пак, со транзитни стада во Македонија, јас знам козарството? Какви се за податок и од три милиони овци. Зошто е потенцијалите на овој бизнис? тоа така, одговорот треба структурно да го Козјото млеко е специфично како пазар. Ние бараме. Искрено не знам дали како БиМилк не откупуваме е подобро шталско чување, Потрошувачката козјо млеко, затоа што има тоа е поскапо. Но, важно на млеко во малку поинаква технологија е луѓето во Македонија да и не ни се исплати, но Македонија е бидат охрабрени да влезат во потенцијал секако дека овчарството, односно поентата многу ниска, постои. Козјото млеко е сè е во тоа колку операторите ќе така што само повеќе барано, тоа е едно гарантираат дека ќе откупуваат во тој дел постои од најздравите млека, така млеко. Од оваа перспектива, потенцијал за што од стратешки аспект ние уште лани им кажавме на раст од најмалку треба да се разгледува. фармерите дека можеме да им XXДали вие лично дадеме 5-годишни договори, 30%. Може да се би им советувале на што е нормален поврат на зголеми бројот на македонските граѓани крави реално, не една средна инвестиција во да се занимаваат со овчарството. Релативно малку зборувам само за млекопроизводство? пари се потребни, овцата е анимирање на Има ли тука леб, што релативно евтино и отпорно нови фармери, се вели. животно од кое имате голема Апсолутно да. Познавам туку сегашните корист. доста луѓе во овој бизнис и фармери можат да За жал, во земјава нема дефинитивно Македонија организиран откуп на волна, го удвојат бројот може да го зголеми двојно нема добар систем на откуп на крави. производството на млеко, на кожа. во најмала рака. Прво, Јас не сум сиг урен дали потрошувачката на млеко е најблагородните сорти, како фризиска многу ниска, така што тука сигурно постои овца, треба да влезат со шталско чување потенцијал за раст од уште 30%. Македонија во Македонија. Најпрво треба да се види има простор за крави. Може да се зголеми дали нејзиниот квантитет на млеко и неговиот нивниот број навистина, не зборувам само хемиски состав ќе ја покрие домашната за анимирање на нови фармери, туку делумно облагородена овца – сорта сегашните фармери можат да го удвојат праменка винтерберг - во земјава, затоа бројот на крави. Доказ за тоа се оние кои што и тие при добро одгледување даваат што се наши кооперанти, односно стотина квалитетни количини на млеко. Ние имаме

фармери што го удвоија бројот на крави. XX Доколку би биле креатор на економската политика, што би направиле за развој на фармерството? Приоритет би била наменската субвенција, градуирана, структуирана. И земја. Сега имате и ИПА фондови кои треба да се користат максимално. Ако сте добиле 3 милиони евра , следната година ќе добиете 12 милиони ако сте го исполниле договореното. Доволно е само 10% од нашите фармери да ги зголемат двојно своите фарми. Тоа ќе биде неверојатен напредок за нас. Прво ќе имате екстра класа на млеко, а потоа и екстра волумен. XX Како ја оценувате состојбата со кредитирањето на млекопроизводството? Во овој момент знам дека има доста поплаки од фармерите, но не можам да застанам на некоја страна. Мислам дека тие се луѓе кои добро си ги сервисираат своите кредити. XX Дали банките лесно даваат кредити? Банките тешко даваат кредити според она што го зборуваат фармерите. Честопати ние знаеме да помогнеме, со авансирање и сл., меѓутоа тоа може малку да се либерализира. Како прва точка за растот би го ставил долгорочното кредитирање. Не кредитирање 2-3 години, зборувам за 10 години. XX Кои се пазарите на кои Македонија може да извезува млеко? Прво имаме еден голем пазар јужно од нас. Грција е голем пазар за Македонија, со прилично високи цени бидејќи немате млеко под едно евро за литар, а тоа е огромен потенцијал за нас. Додека Грција го врати тој производ ќе треба време, а ние може да влеземе таму. Србија е тежок пазар, суровината е евтина, хиперпродукција.

рството, млекари има доволно


www.kapital.mk

Капитал број 818 03.07.2015

36

интервју

"Намената на субвенциите е за поголемо производство, а не за купување џипови!" u Што мислите дека треба да се промени во субвенционирањето на млекопроизводството за да биде овој процес како што треба? Прво мора да се земат предвид две работи - квалитет и квантитет. Имате неколку работи кои се поврзани со млекото. Во производството на сточна храна, тоа до некаде е моделирано, но не знам дали е тоа моделирано според продукцијата по хектар. Треба да има минимален праг кој што ќе го субвенционирате и да не одите под тоа. Ако е просечен принос на пченица 3,5 тони по хектар, ставете го како репер. Мора да имате некој таргет. А кај нас зборуваме за ниски таргети. Во ЕУ приносот по хектар е и по 10-11 тони. Не можете да си дозволите фармер кој што ги води кравите на пасење кај ќе стигне и има принос од 2 тони млеко, да има исти субвенции со оној што има професионална фарма и произведува 7 тони млеко. Мора да се направи градуација на субвенцијата. Втора работа е квалитетот. Мора да постои критериум квалитет, односно да субвенционирате одреден хемиски и микробиолошки квалитет. Зошто? Затоа што постојат методи за да го зголемите волуменот на млеко, но хемискиот квалитет да опадне. Сепак треба некој бенчмарк. Сега се субвенционира произведен литар млеко. Еден ден и тие субвенции ќе прекинат. Дури се тие, треба да се напредува. А не да се трошат субвенциите за непродуктивни работи. Има фармери кои ќе земат субвенции од 15 илјади евра и ќе купат џип. Е па џипот нема да им донесе поголем принос. Целта на субвенцијата е да го унапреди вашиот процес и бизнис. Може да се влезе во ЕУ. Но, во најблиските земји, Бугарија и Грција. Голема шанса е Америка, бидејќи со ЕУ имаат квота, а ние не сме во ЕУ. Но, за таму треба безбеден и квалитетен производ. Америка е доста едноставна за работа. Ако не им се допадне не може да влезете по втор пат. Тука ќе го споменам и пазарот за овчо млеко, а Македонија мора да работи на тие производи затоа што имаме услови. Тоа млеко е прилично поскапо во ЕУ, станува сè поскапо за производство, а кај нас имаме огромен дел на неискористен потенцијал. Прво Грција да ја фатиме. Албанија исто така има потенцијал, огромен дефицит на млеко, Косово исто ттака огромен дефицит, а трошат млеко речиси колку нас речиси. Мора да инвестирате во тој пазар, да го едуцирате, да се етаблирате како добар играч.

"Од 2016 планираме влез и на рускиот пазар" XX Што е Битолска млекара денес во Македонија? Колкав е пазарниот удел на Битолска млекарница? Битолска млекара има отприлика 55% од пазарот на течниот фонд, кој што доминира, а откуп од 30% од вкупниот откуп, за млеко кое ги исполнува сите стандарди бидејќи сме најригорозни. Четири милиони евра е приходот во последните 12 месеци од извоз.

Оваа година очекуваме преку осум милиони евра од извоз. XX Значи дека сериозно размислувате за зголемување на извозот? Македонскиот пазар прво треба да работи на зголемување на потрошувачката, која се качува бавно. БиМилк во последните години инвестира доста во ПР и маркетинг. Пред сè, на прво место е безбедноста и квалитетот на производот, бидејќи мора да сме број еден во Македонија и регионот. Сега сме број еден во регионот по квалитет. За 2016 сериозно размислуваме за влегување на рускиот пазар, како и многу посериозно во ЕУ, со цел да го зголемиме извозот драматично. Очекуваме и во САД да продаваме најмалку колку и оваа година, а тоа е преку 1.3 милиони килограми тврдо сирење. Ни треба проширување на капацитетите, на тоа работиме во последните 3-4 години, и стигнавме до точка каде ни треба проширување на просториите за ферментација. Во следните 2 години ќе инвестираме во тоа, потоа во магацини, и во современа технологија во течниот дел и сирењарницата. Исто така, имаме уште еден дел од инвестиција во капацитетот за ферментација на млекото и отсега натаму влегуваме со инвестиции кои ќе значат машини за производство. Најмалку уште три машини ќе купиме за делот на

свежото млеко и јогуртите. XX Колкав е приходот на БиМилк? Околу 43,5 - 45 милиони евра очекуваме приходи од продажба годинава. XX Како го гледате пазарот, односно конкуренцијата во тие 4-5 поголеми млекари што се посериозни играчи? Најнеблагодарно е да зборувам за конкуренцијата. Во овој момент мислам дека сме убедливо број 1 на пазарот. Конкуренцијата работи, свесен сум за нивните проблеми кои ги имаат и мислам дека е добро познато оти БиМилк најдобро работи. Не верувам дека сите млекари ќе издржат. Не мислам дека имаат цел да купуваат скапо и да продаваат евтино. Тоа некако ми е чудно. Знам со каква маржа работиме и знам колку е тешко е да се работи во овој бизнис. Но, очекувам дека тој број на млекари ќе се намали. Во Македонија ќе успеат големите млекарници, оние кои имаат затворен систем и комплетно млекопроизводство, а не хибридни и измутирани линии. Македонија повеќе треба да е насочена кон фармерството, бидејќи има простор за тоа. Најмалку што може да се направи е да се удвои бројот на крави. Ние сме имале 200 илјади крави во минатото, не е тоа нешто невидено на овие простори. XX Како го оценувате системот на образование на кадри што се потребни за оваа индустрија? Не е лесно да се најдат квалитетни кадри. Има доста барања за вработување во БиМилк, и ние вработивме една група на млади луѓе кои што ќе ги обучиме во врвни професионалци за млечната индустрија. Работиме со локално население и немаме странци во нашата компанија. И не сум за тоа странци да влегуваат. Македонците може да го научат тоа што странците го знаат. Да дојде некој со добар квантум на знаење и искрена намера да учи и напредува, имаме можност тој човек да го профилираме во врвен стручњак. Во тренинзите и обуките користиме посети на странски компании, како и визитинг професори и консултанти што доаѓаат во Битола. Во БиМилк најсилен е тимот вработени и менаџери, тоа ни е најсилно оружје. Составен од експерти кои значат многу за овој дел од Европа. Тоа е нашата најголема вредност, извонреден тим, лесно може да се работи со нив. Овој тим со благи промени е заедно во последните осум години. Имаме многу добри експерти и не постои позиција на која чувствувам дека сме послаби во однос на конкуренцијата. Јас сум овде осум години и цело време работиме на инвестирање во тимот. XX Како е позиционирана БиМилк на Балканот денес? За количини и пазарен удел не можам да зборувам, но можам да кажам во квалитетот на производите и финансиското работење, сметам дека сме на самиот врв. nnn

Тим: Во БиМилк вработените се најсилниот адут


www.audi.mk

АПСОЛУТНА МОЌ! Новиот Audi Q7.

Audi Македонија Бул. Босна и Херцеговина 4 1000 Скопје Т. 02 26 26 266 Ф. 02 26 26 266


www.kapital.mk

Капитал број 818 03.07.2015

38

политика

Кога ќе си од било прецене

ВМРО-Д СДСМ, ДУ пред форм заедничк

Н пишува:

Максим Ристески

maksim.risteski@kapital.mk

Н аспроти песимизмот на аналитичарите, и потцртувањето на црвените линии придружено со остри меѓусебни напади на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ во неделата што му претходеше на 29 јуни, лидерската средба одржана на овој датум што траеше скромен еден час е можеби најуспешната во досегашната серија. Пред сè зашто претседателот на СДСМ, Зоран Заев, кој претходно изјавуваше дека со евентуален неуспех на преговорите на 29 јуни ќе ги снема причините за опозицијата да продолжи со процесот, по средбата одржана во понеделникот изјави дека се договориле да се остави уште малку време, од неколку дена, во услови кога „се трудиме максимално да се најде решение“. И Европската комисија ден по средбата изрази надеж за конкретни резултати во блиска иднина од средбите меѓу политичките лидери во

Македонија. Индикативно, портпаролот на еврокомесарот Јоханес Хан, Маја Коцијанчиќ, рече дека тој (Хан) веќе изразил подготвеност да биде медијатор меѓу партиите, но, само доколку е неопходно (претпоставува дека сега работите и без него веќе одат кон договор). Друг показател за успешноста на последната ли д ер ска ср е д б а е што овојпат ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се огласија со соопштенија со иста содржина. Значи станува збор за усогласени партиски соопштенија, а не за заедничко (соопштение) на четворицата лидери, како што беше досега. Пораката е прилично јасна. А истата ја потврдуваат и партиски извори во пресрет на следната средба (до затворањето на овој број на „Капитал“ таква сè уште не беше одржана): ќе има договор за организација на владата што ќе ги подготви изборите - премиерот Никола Груевски дава сигнали на флексибилност во однос на рокот во кој е спремен да се повлече од премиерската функција - најверојатно ќе прифати тоа да се случи четири или пет месеци пред одржувањето на изборите што договорот од 2 јуни (од Пржино) ги проектираше за април 2016 година. Овде е јасно дека своето си го направиле интензивната комуникација (читај притисок) на инволвираните меѓународни претставници што и претходеше на средбата од 29 јуни. На


www.kapital.mk

Капитал број 818 03.07.2015

39

оди Груевски енет проблем

ДПМНЕ, УИ и ДПА ормирање ка влада?! Интензивното „дружење“ на дипломатите со четворицата лидери пред средбата на 29 јуни покажа дека проблемот кога ќе се повлече премиерот Груевски од Владата е преценет во јавноста. Прашањето е сега дали дипломатскиот притисок ќе продолжи со истиот интензитет и по постигнувањето на овој иницијален договор - свежи се сеќавањата како се изјалови Мартовскиот, со кој „се стави крај“ на кризата предизвикана од настаните на 24 декември. Уште поголемо меѓународно бдеење ќе биде потребно во наредниот период кога ќе треба да се спроведуваат обврските преземени од потписниците на договорот од 2 јуни. Секако, многу убаво звучат за граѓаните најавите што ги даваат поглавјата 23 и 24, со сите посакувани епитети за судството, за борбата со корупцијата, но, досегашното искуство не може да не го постави прашањето дали одлучноста на оние што треба да ги спроведат реформите ќе ги држи во месеците кога ќе седат во заедничка влада

с транците им изгледало несериозно/неодговорно дека не може да се надмине последната бариера пред постигнувањето договор проблемот дали Груевски ќе си оди три или шест месеци пред изборите догодина - проблем за кој и од партиите брифираат (па, и јавно изјавуваат) дека е преценет. Прашањето е сега дали дипломатскиот притисок ќе

продолжи со истиот интензитет и по постигнувањето на овој иницијален договор (свежи се сеќавањата како се изјалови Мартовскиот договор со кој „се стави крај“ на политичката к р и з а п р е д и з в и ка н а о д настаните во Собранието на 24 декември 2012 година). Уште поголемо меѓународно бдеење ќе биде потребно во наредниот период кога ќе треба да се


www.kapital.mk

Капитал број 818 03.07.2015

40

политика

l Европската комисија бара фокусот да биде на имплементацијата на договореното на 2 јуни

спроведуваат обврските преземени од потписниците на договорот од 2 јуни, под точката 6. Премиерот, како што стои во идентичните соопштенија на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ дадени по средбата на 29 јуни, го претставил „владиниот нацрт-план за примена на препораките што се однесуваат на системски реформи во областа на владеење на правото што е потребно да се спроведат согласно точката 6 од договорот од 2 јуни“.

Парламентот ќе треба да го игра „танцот на музите“

Оваа точка (според договорот од 2 јуни што го објави ДУИ) одредува што треба да се направи во таканаречениот транзициски период. Тука спаѓа договорот за конкретна организација на владата што ќе ги подготви изборите, по што СДСМ треба да се врати во Собранието за да раководи со анкетна парламентарна комисија основана за да го истражи скандалот со прислушувањето, како и со постојаните Комисија за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање, и Комисија за надзор над спроведувањето на посебната истражна мерка следење на комуникациите. Во точката 6 од договорот од 2 јуни стои дека овие комисии ќе ги испитуваат „неуспесите во надзорот и во функционирањето на државната разузнавачка служба“. Првиот нивен извештај треба да биде изготвен во ноември 2015 година. Опозицијата во овој период, според договорот, прифатила да

не објавува прислушувани материјали („бомби“). „Со непосреден ефект, нема да има понатамошно објавување на било каков прислушкуван материјал. По враќањето на СДСМ во Собранието, сите материјали што ги поседува СДСМ или било кој друг, ќе бидат поднесени до Јавното Обвинителство за итна постапка“, стои во договорот што на јавноста и го откри ДУИ. Проблемот овде е како во услови кога владејачката коалиција ВМРО-ДПМНЕ-ДУИ има двотретинско мнозинство, ќе функционираат овие комисии, и воопшто Парламентот во фазата кога ќе треба да се спроведат реформите од поглавјата 23 и 24, предвидени со точката 6 (ќе им се навратиме подолу). Одговорот во изјава за „Капитал“ го дава поранешниот претседател на Собранието и пратеник во повеќе мандати,Тито Петковски. „Напорот што се прави за политичкиот дијалог има смисла единствено ако се направи точна евиденција на работите што треба да се завршат - закони, одлуки, мерки што треба да се донесат, и Собранието, како што велат, потоа да го одигра „танцот на музите“ - да нема дебати, расправи, инаку ќе пропадне целиот договор. Овде нема услови за регуларна парламентарна дебата“, вели Петковски. Тој вели дека на лидерските средби со меѓународно посредништво мора да се утврдат точно сите активности и динамиката за спроведување, што е услов опозицијата да се врати во Собранието. „Инаку, знаеме што ќе се

случува при парламентарно мнозинство кое има две третини, и кое може да ја промени секоја одлука. Груевски и Заев ќе треба да се договорат, со меѓународно посердништво, и на пратениците од нивните партии да им кажат да го поддржат договореното“, смета Петковски. Договорот од 2 јуни предвидува измени и во Државната изборна комисија, со конкретни рокови. До 31 јули треба да се прегледа и модифицира нејзиниот состав, а до 30 септември на ДИК ќе и се дадат зголемени овластувања за да обезбеди слободни и фер избори. Сите препораки на ОБСЕ/ОДИХР ќе треба да се применуваат, вклучувајќи ја и проверката на избирачкиот список според новата, со помош на странски експерти, договорена методологија. Пред следните избори, владата треба да побара и зајакнување на долгорочниот и краткорочниот мониторинг од ОБСЕ/ОДИХР.

Или системски реформи или ништо

Во договорот од 2 јуни, за чија точка 6 премиерот Никола Груевски на лидерската средба од 29 јуни поднел владин нацртплан за примена на препораките што се однесуваат на системските реформи во областа на владеењето на правото, стои и дека „кон средината на јуни и крајот на август 2015 година, Европската унија ќе го олесни меѓупартискиот дијалог за постигнување договор за прашањата

Хан: Ќе бидам медијатор, само доколку е неопходно


www.kapital.mk

Капитал број 818 03.07.2015

41 од системските реформи“. „Овој договор ќе ги опфати реформите што треба да се преземат во областа на поглавјата 23 и 24 - застапување и независно функционирање на надлежните државни органи, поголема слобода на медиумите и целосна согласност со мислењата и препораките на Венецијанската комисија“, стои во договорот како што го објави ДУИ. Оваа фаза треба да го обезбеди она што е најважно, а имено, да се врати довербата на граѓаните во функционирањето на системот на државата. Прашањето е како ќе се изведе болната разделба на сраснатите држава и партија во Македонија. Конкретно, поглавјето 23 е повеќе политичко, и има за цел првенствено да покаже дека државната политика е јасно одвоена од партиската. Ова поглавје ја опфаќа реформата на правосудство, независноста (финансиска, политичка) на судството, интегритетот на судовите и судиите; бара постојан тренинг на последните, како и на антикорупционерите, високи стандарди на пресудите. Поглавјето 23 се однесува и на антикорупциската политика - бара одлучна борба против корупцијата и стабилност на демократските институции. Поглавјето, пак, 24 е за прашањата на надворешните граници и шенген системот, миграцијата, азилот, визните

политки, полициски стандарди, борбата против организираниот криминал, против трговијата со луѓе, против тероризмот, судската соработка во граѓанските и кривичните работи, царинската соработка. Директорката на Институтот за европски политики, Малинка Ристеска Јорданова, во изјава за „Капитал“ дадена при една од последните актуелизации на темата поглавја 23 и 24, вели дека исполнувањето на критериумите од овие поглавја, на кратко значи дека институциите треба да дејстуваат сосема спротивно од нивното сегашно функционирање. „Поглавјата 23 и 24 се оние што најдиректно ја засегаат поделбата на власта и функционирањето на институциите – а тоа е во основата на идентитетот на ЕУ. Затоа се и најзначајни и најосетливи за сегашните држави пристапнички. За да се задоволат критериумите на поглавјето 23 потребно е државата да обезбеди докази дека има независно, професионално и ефикасно судство; дека се воспоставени и функционираат и законските и институционалните механизми за борба против корупцијата; како и дека се почитуваат темелните права на граѓаните. Накусо, на крајот на преговорите институциите би требало да дејстуваат сосема спротивно од тоа како

функционираат сега – како што деновиве се разоткрива низ прислушкуваните разговори“, изјави Ристеска Јорданова. Секако, многу убаво звучат за граѓаните најавите што ги даваат поглавјата 23 и 24, со сите посакувани епитети за судството, за борбата со корупцијата, но, досегашното искуство не може да не го постави прашањето дали одлучноста на оние што треба да ги спроведат реформите, што сега се покажува, ќе ги држи во месеците кога ќе седат во заедничка влада. Една е ситуацијата кога опозицијата разобличувајќи ја власта, за да ја развласти, „кине грло“ барајќи реформи, а друга е кога ќе се седне во владата, и тоа ќе и се види убаво, па, ќе посака да го одложи ризикот на избори пак да се пресели од другата страна. Во овој контекст, аналитичарот Арсим Зеколи, во интервју за бугарската информативна агенција БГНЕС, вели дека „четирите големи партии и покрај нивните противречни програми сепак се почитуваат, кога на хоризонтот ќе се појави некој фактор што може да ги загрози нивните интереси“. А ништо од реформите ако патот на наводите за криминал, за корупција, за пречекорување надлежности за лична и партиска корист, не заврши на обвинителна клупа; секако, со уверлив крај. nnn

Експерти: Болна ќе биде разделбата на сраснатите држава и партија

THINKPAD E СЕРИЈА

МОДЕРЕН СТИЛ, ПРОФЕСИОНАЛНОСТ, МОЌ! 5th Generation Intel® Core™ Processors Windows 8.1 64-bit Operating System Optional Single Cable Connectivity & Power A Professional Style All Its Own Renowned Keyboard & Three-Button TrackPad More Memory for Enhanced Multitasking Dolby® Advanced Audio™ Speakers ThinkPad E550 Black Intel® Core™ i5-5200U Processor 4GB DDR3, 500GB HDD 7200 15,6" HD LED AG + Camera Integrated VGA 5500 Wi-Fi, Bluetooth 4.0 6 Cell Battery HDMI, FPR, 2,35kg

цена: 40.900 ден.

INet

ThinkPad E550 Black Intel® Core™ i5-5200U Processor 4GB DDR3, 1TB HDD 5400 15,6" FHD LED AG + Camera Amd Radeon™ R7 M265 2Gb Wi-Fi/ Bluetooth 4.0 6 Cell Battery HDMI, FPR, 2,35kg Windows 7 Pro preload + Windows 8.1 Pro

цена: 57.300 ден.

Services

ИНЕТ - АВТОРИЗИРАН ЛЕНОВО СЕРВИС

ThinkPad E31-70 Black Intel® Core™ i3-4005U Processor 4GB DDR3, SSD 128GB 13,3" HD LED AG + Camera Integrated VGA 5500 Wi-Fi, Bluetooth 4.0 2 Cell Battery HDMI, FPR, 1,59kg

цена: 29.400 ден.

ЗА ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ: A: Атинска 12 - Скопје E: sales@inet.com.mk W: www.inet.com.mk T: 02/ 3090.625


www.kapital.mk

Капитал број 818 03.07.2015

42

интервју

М Марксист, комунист и пауперист. Oва се само

дел од квалификациите кои оправдано или не се поврзуваат со името на папата Францис. Неговите зборови за сиромаштијата и социјалната правда, неговото залагање за потребите на сиромашните, предизвикуваат критики и opтужби, понекогаш изречени и грубо и саркастично. Како папата Францис сето тоа го доживува? Зошто темата сиромаштија е толку присутна во неговото учење? Еве ги неговите одговори. XX Ваша светост, според вашето мислење, дали капитализмот во кој живееме последните децении на некој начин е неповратен? Не знам како да одговорам на тоа прашање. Признавам дека глобализацијата на многумина им помогна да се издигнат од сиромаштија, но многу други ги осуди на умирање од глад. Навистина во глобални размери светското богатство се зголеми, но се зголемија и нееднаквостите и создадени се нови сиромашни луѓе. Она што го забележувам е дека тој систем се одржува со културата на отфрлање, за кој зборував во повеќе наврати. Тука се политиката, социологијата, па и ставот за отфрлање. Кога во центарот на еден систем веќе не е човекот туку парите, кога парите стануваат идол, мажите и жените се сведени на обични средства на општествениот и економскиот систем кој го обележуваат и во кој се повеќе владеат длабоки неурамнотежености. Така се отфрла се она што не служи на таа логика: тоа однесување ги отфрла децата и старците, а сега ги погодува и младите. Ме погоди податокот дека во развиените земји милиони млади луѓе под 25 години немаат работа. Ги нареков младите „ни-ни“, бидејќи ниту студираат, ниту работат. Не студираат бидејќи за тоа

немаат можности, не работат бидејќи немаат вработување. Но, исто така би сакал да ја споменам културата на отфрлање која доведува до отфрлање на децата и абортуси. Ме погодува толку ниската стапка на наталитет овде во Италија: така се губи врската со иднината. Исто така, културата на отфрлање доведува до скриена еутаназија на старите кои се напуштаат, наместо да се сметаат за наше сеќавање и врска со нашето минато и извор на мудрост за сегашноста. Понекогаш се прашувам: што следно ќе се отфрли? Треба на време да се сопреме. Да застанеме ве молам! Значи, во обидот да одговорам на ова прашање би рекол: сегашната состојба на работите да не ја сметаме како неповратна и да не се предаваме. Треба да настојуваме да изградиме општество и економија во која во средиштето ќе биде човекот и неговото добро, а не парите. XX Може ли до промените и поголемото внимание кон социјалната праведност и прераспределба на богатството да се дојде само ако во економијата има поголема етика, односно благодарение на луѓето кои во срцето ја носат добрината, или може да се очекуваат и некакви структурни промени во системот? Најпрво, треба да потсетиме и дека во економијата е потребна етика, како и во политиката. За тоа во повеќе случаи ми зборувале разни државни поглавари и политички водачи кои имав можност да ги сретнам после мојот избор за римски бискуп. Тие ми зборуваа: вие верските водачи треба да ни помогнете, да ни дадете етички насоки. Да, пастирот може да повикува на памет, но уверен сум дека се потребни како што потсети Бенедик XVI во Caricas in veritate, мажи и жени со раце подигнати спрема Бога во молитва, свесни дека љубовта и делењето од кои произлегува вистинскиот развој не се плод на нашите раце, туку дар кој треба да го измолиме. Исто така сум уверен дека е потребно тие

Ова е единствено интервју за економија кое досега го има дадено папата Францис. Во него папата зборува за капитализмот, социјалната праведност и глобализацијата, а објавено е во книгата “Оваа економија убива”, напишана од италијанските новинари Андреа Торниели и Џакомо Галеази.

Оваа економ убива Додека не го решиме проблемот со сиромашните, нема да ги решиме проблемите на светот. Тоа го кажува евангелието.


www.kapital.mk

Капитал број 818 03.07.2015

43 Се ветуваше: кога чашата ќе се наполни, ќе се прелие па сиромашните од тоа ќе имаат корист. Но, бидна поинаку: кога е полна, чашата како со некоја чудна магија се зголемува и така кај сиромашните никогаш ништо не се прелива

мија


www.kapital.mk

Капитал број 818 03.07.2015

44

интервју

Глобализацијата на многумина им помогна да се издигнат од сиромаштијата, но и многумина ги осуди на умирање од глад. Вистина во глобални размери светското богатство се зголеми, но се зголемија и нееднаквостите и создадени се нови сиромашни луѓе.

мажи и жени да се заложат во сите области од општеството, во политиката и во институциите , во стопанството, во центарот да се стави општото добро. Не можеме повеќе да чекаме решение на структурните причини за сиромаштијата за излекување на нашите општества од болестите кои единствено можат да не доведат до нови кризи. Пазарите и финансиските шпекулации не смеат да уживаат апсолутна автономија. Додека не ги решиме проблемите на сиромашните нема, да ги решиме проблемите на светот. Потребни се програми, механизми и процеси насочени кон подобро распределување на средствата, создавање на работни места... X Од колкава важност е христијаните да се

Кога во средиштето на системот веќе не е човекот, туку парите, и кога парите стануваат идол, мажите и жените се сведени на обични средства на економскиот систем посветат на соочувањето на создавањето и на оддржливиот развој? И како да се избегне прифаќање на одредена екологистичка идеологија која човекот го смета како вистински проблем за земјата? И за сочувување на создаденото потребно е да се надмине културата на отфрлање. Создавањето е дар што бог му го дал на човекот, да го чува, работи, со него да се служи за свое одржување и да го предаде на идните генерации. Повикот за зачувување првенствено е човечки, па после тоа христијански, што значи дека се однесува на сите. Тоа е зачувување на создаденото, на неговата убавина, тоа значи да се има почитување спрема сите Божји суштества и спрема опкружувањето во кое живееме. Ако во таа одговорност попуштиме, ако не се грижиме за своите браќа и сите суштества тогаш настанува уништување. За жал мора да востановиме дека секој историски период има свои Хероди кои уништуваат, планираат масакри, ги огрдуваат лицата на мажите и жените, ги уништуваат суштествата. Човекот како поклон ја прими, како што забележува Романо Гардини, не-културата


www.kapital.mk

Капитал број 818 03.07.2015

45 на Пиј X според кој и ја преобрати во култура. Но, Земјата е се злоупотребата кога наместо чувар, човекот на сиромашните се однесува како господар, дадена на сите, и кратење на станува создавач на нова не- а не само на праведните култура и тргнува кон патот богатите”- тоа работнички плати кој води кон уништување. Да се гревови кои се сетиме на атомското оружје се зборови на чекаат суд пред и можноста во еден момент свети Амброзиј лицето божјо? да се уништат многу луѓе. кои ги употребил Да се сетиме и на генетските Не само дека се уште манипулации, манипулациите папата Павле в р е д а т ,т у к у ка ко со животот.. Да се сетиме VI за да посочи времето поминува , на човекот кој повторно ја дека приватната се повеќе увидувам гради вавилонската кула и дека искуството ги кој уништува се создадено. Со сопственост потврдува. таквото однесување човекот не е нечие X Поради прави нов грев, грев против безусловно и одредени делови Богот создавател. Вистинското од Evangelii gaulчување на создаденото нема апсолутно право dium некои од САД врска со идеологиите кои ве обвинуваат човекот ги смета за нешто дека сте марксист. споредно , проблем кој треба да се отстрани. Како се чувствувате што токму вас Бог ги постави мажот и жената на врвот ве поврзуваат со следбениците на на создавањето и им ја повери Земјата. Карл Маркс? Намерата на создавателот е запишана во Како што веќе споменав, во својот живот сум природата. запознал бројни добри марксисти, добри личности. Затоа поради овие оптужби не се XX Зошто, според Вас, силните и чувствувам навреден. Но, марксистичката пророчки зборови на Пиј XI во идеологија е погрешна. Реченицата од социјалната енциклопедија Quadragesimo anno од 1931 година Evangelii gaudim која имаше најголем оддек против меѓународниот финансиски е онаа за економијата која убива. Па сепак во влезот на Evangelii gaudim не сум рекол империјализам денеска на ништо што не е содржано во социјалната многумина, па и на католиците, им наука на Црквата. Освен тоа, не зборував од звучат претерано и радикално? Неговите зборови ги сметаат за претерани техничко гледиште. Се обидов да го опишам оние кои се чувствуваат погодени од она што се случува во праксата. Единствен неговите зборови и кои тие пророчки одреден приговор беше за теоријата предупредувања ги допреа во болната „економијата на капење“ според која секој точка. Меѓутоа, папата не претера тука економски раст поттикнат од слободниот ја кажа вистината после економско- пазар сам по себе успева да доведе до финансиската криза од 1929 година и како поголема праведност . Се ветуваше дека врвен алпинист виде како работите стојат кога чашата ќе се наполни , ќе се прелие од повисоко, што значи дека наел да ја па сиромасите од тоа ќе имаат корист. види поширока слика. Се плашам дека Напротив бидна поинаку: кога е полна, повеќе претеруваат оние кои и денеска се чашата како со некоја магија постојано се чувствуваат повикани од предупредувањето зголемува и на тој начин кај сиромашните никогаш ништо не се прелива. Тоа беше на папата Пиј XI.... единствениот осврт на некоја конкретна XX Дали се уште вредат страниците теорија. Повторувам не зборував од на енцикликата Populorrum техничко гледиште на работите , туку според progression на кои се зборува социјалната наука на Црквата. Тоа не значи дека приватната сопственост дека сум Марксист. Можеби авторот на тој не е апсолутно право, туку е коментар не ја познава социјалната наука подредена на општото добро, на Црквата и марксизмот баш премногу. како и изблиците на катекизамот

XX Го нагласивте континуитетот на Црквата во таа грижа за сиромашните. Како заклучок можете ли да наведете некој пример? Месец дена пред отворањето на Вториот Ватикански екуменски консил, Папата Иван XXIII рекол: „Црквата се покажува онаква каква што е и каква што сака да биде, како Црква на сите, а особено Црква на сиромашните. Следната година определувањето за сиромашните влезе во документите на учителството. Некој би можел да помисли дека се работи за некаква новина, но напротив се работи за факт чиј извор е во Евангелието и кој е потврден уште во првите векови на христијанството. Кога би повторил некои делови од хомилиите на првите црковни отци од II и III век за тоа како треба да се однесуваме спрема сиромасите, сигурно би нашол некој кој би ме оптужил за марксистичка хомилија. „Не им даваш од своето кога даруваш на сиромашните, туку им враќаш oд она што е нивно. Бидејќи она што е заедничко е дадено на употреба на сите, а не само на богатите“. Тоа се зборови на светиот Амброзиј кој се послужи со папата Павле VI во Populorum progression (бр.23) да потврди дека приватната сопственост не е безусловно и апсолутно право и никој не е овластен да го задржи за себе она што ги надминува неговите потреби, додека другите оскудеваат за она што им е најнеопходно. Светиот Иван Златоуст тврди: „Да не ги делиш своите добра со сиромашните значи да крадеш од нив и на крај да им го одземеш животот. Добрата кои ги поседуваме не се наши туку нивни“. И дополнително: „Сакаш ли да го почитуваш Христовото тело? Не презирај го голо, ниту почитувај го со свилени одела “. Оној кој рече: Ова е мое тело и со зборовите ја потврдил работата. Како што може да се види ова внимание спрема сиромашните се наоѓа во црковните предавања, а не е ексклузивност на комунизмот и не треба да се идеологизира, како што за време на историјата знаело да се прави. Според тоа, кога Црквата повикува да се победи она што го нареков „глобализација на рамнодушноста “, таа е далеку од било каков политички интерес и од било која идеологија. Напротив таа е поттикната единствено од Исусовите зборови дека сака да даде свој придонес во изградба на свет во кој едни со други се чуваме и едни за други се грижиме. nnn (Интервјуто е преземено од хрватски Глобус)


Т

www.kapital.mk

Капитал број 818 03.07.2015

46

CEO Profile

Тоа е најголемата катастрофа која ја има погодено Луфтханза во нејзината повеќе децениска воздухопловна историја и една од најтешките несреќи кои се случиле на француско тло. На 24-ти март, копилотот на Германвингс, Андреас Лубитц, намерно го урна авионот со 150 патници, во планинскиот венец на Алпите. Неколку денови по трагедијата, медиумите дадоа детали за животот на ко-пилотот, укажувајќи дека авиокомпанијата имала можност да ја спречи катастрофата. Во една таква ситуација, неизбежно е во центарот на вниманието да биде лидерот на компанијата. Во овој случај, тоа се однесува на Карстен Шпор, извршен директор на Луфтханза, фирма-мајка на Германвингс. Шпор кој е пилот, беше на функцијата само 10 месеци кога Ербасот А320 се урна на својот лет од Барселона за Дизелдорф.

Пилот-ветеран

По стекнувањето со диплома за индустриски инженеринг, Шпор добива лиценца за комерцијални летови од Луфтханза. Помеѓу 1995 и 1998 работи како личен асистент на извршниот директор, а по низата унапредувања во текот на кариерата, станува претседател на Извршниот одбор во мај 2014. „Како човек кој е израснат во Луфтханза, назначувањето за нов извршен директор го гледам како чест и обврска. Заедно ќе се соочиме со сите предизвици, со желба за промени и подготвени да ја испорачаме нашата стратегија како би ја направиле компанијата подготвена за периодот кој претстои“, изјави Шпор за време на официјалното претставување како нов извршен директор на компанијата. И покрај работењето во повеќе области во рамките на Луфтханза, Шпор се стекнува со лиценца за летање на авионите од типот Ербас А320. Според воздухопловните експерти, поради неговото портфолио тој може да стекне голема почит не само од колегите, туку и од ривалите од оваа област.

Промени во компанијата

И покрај огромното знаење кое Шпор го поседува во областа на пилотирањето, се чини дека тој не се согласува со дел од тимот на Луфтханза. Како одговор на кризата која ја наследи од својот претходник, Кристоф Франц, тој имплементира низа различности во обид на компанијата да и даде една

Карстен Шпор директор на Луфтханза

Пилот ја вози компанијата низ турбуленциите

Кога минатата година застана на чело на германскиот авио-гигант Луфтханза, Карстен Шпор се соочи со голем предизвик - да ја извади компанијата од проблемите зачинети со пилотските штрајкови. Со падот на авионот на фирмата-ќерка Германвингс во кој загинаа 150 патници и членовите на екипажот во март годинава, за Шпор и германската авиокомпанија претстои далеку потурбулентен период. нова насока со цел да се натпреварува со останатите европски ривали. Обидот да го зголеми бројот на нискобуџетни летови, односно да го сопре падот на цените на авионските карти, се соочи со голема препрека: штрајкот на пилотите. Историски гледано, пилотите на Луфтханза се пензионират на 55 годишна возраст, а примаат 60% од месечната плата во

престојната деценија, по што одат во пензија. Шпор се обиде да ги повлече овие придобивки преку вработување на нови регрути и зголемување на старосната граница, што доведе до остра реакција од пилотите и низа штрајкови кои предизвика загуба од 200 милиони евра на компанијата. Унијата на пилоти „Cockpit“ се одлучи да го

Мисија: Како да се зголеми профитот во ус


www.kapital.mk

Капитал број 818 03.07.2015

47

Германскиот авиогигант се обидува да го зголеми бројот на кратки дестинации по поволни цени Карстен Шпор на комеморација по повод авионската несреќа во која животот го загубија 150 патници и членови на екипажот

Луфтханза низ бројки:

1953 14,9 формирана

милијарди евра приход во 2014

118,973 732 вработени

И покрај негативниот биланс од работата на својот претходник, Шпор успева да ја одржи Луфтханза во „живот“

стави во мирување штрајкот, неколку дена пред падот на авионот со број 9525. Тоа предизвика Луфтханза да откаже стотици летови на долги дестинации, што влијаеше на нешто повеќе од 20 000 патници. „За среќа имаме многу лојални клиенти, но ако ова продолжи на подолг рок и доколку не сме во можност да понудиме сигурност која ни е потребна, тоа би можело да преставува проблем за нашите клиенти“, рече Шпор. Како што изјавија од компанијата во тоа време, довербата кај клиентите започа да опаѓа како резултат на штрајковите и зголемената несигурност поради несреќата со Германвингс. Со оглед на тоа што и другите европски авиокомпании нудат значително поевтини цени, можноста за загуби е на високо ниво. Ако се земе предвид дека пред несреќата, профитот на компаниајта се наоѓаше во критичен момент, сега нејзината репутација се соочува со неуспех.

Контрола на кризата

Во случај на катастрофа, од суштинско значење за повисокиот менаџмент е во краток период да покаже лидерски вештини, со цел компанијата да се отргне од патот на самоуништување. Според една студија од 1996 направена од Рори Најт и Дебора Прити, се претпоставува дека авионските катастрофи секогаш предизвикуваат негативен ефект, односно пад на вредноста на акциите на компаниите за 8%. „Тоа обично трае околу 50 работни денови по катастрофата, за компанијата да може целосно да се опорави, додека некои компании не заздравуваат потполно. На пример, во 1996 авинот на ValuJet Airlines кој се урна во 1996 при што загинаа 110 луѓе, ја чинеше авиокомпанијата загуба

од 35% од нејзината капитална вредност“, вели Вејн Хероп, директор на Центарот за управување со катастрофи при Универзитет во Конвентри. Шпор одговорно се справи со оваа трагедија, одржувајќи голем број на прес-конференции и посетувајќи низа мемориали. Додека застана во одбрана на својот стан, тој говореше за потребата за поддршка на семејствата на жртвите колку што е можно. „Ова е трагичен настан. Но ние сме горди на квалитетот кои го поседуваат нашите пилоти.“, изјави Шпор за Дојче Веле. Клучните вредности и емоционалната интелигенција мораат да бидат приоритет, со цел да се задржи или врати довербата во очите на клиентите. Да се биде прв во обелоденувањето на дополнителните лоши вести, на еден начин претставува да се покаже транспарентност и општествена свест. „Знаејќи го она што јавно се појави во врска со менталната состојба на ко-пилотот, оваа афирмација може да се види како неоправдана доверба со што се нарушува кредибилитетот на сите идни барања на компанијата, ризикувајќи ја довербата која Луфтханза ја ужива“, вели Хероп. Шпор може да го врати угледот на компанијата и да направи дека тоа е една од најбезбедните авиокомпании во светот, преку учење на лекции од трагичната несреќа.

Надоместок за жртвите

Зајакнувањето на односите помеѓу вработените е од суштинско значење, особено кога оние во Луфтанза се длабоко погодени од несреќата, која се случи во време кога многумина се чувствуваа разочарани од повисокото раководство.

милиони евра загуба во 2014

За тимот на Германвингс, патниците кои починаа беа нивни клиенти, додека екипажот нивни пријатели и другари. „Многу е тешко да се задржат летовите кога вашите пријатели штотуку починале, а извршниот директор мора да го разбере тоа и да ги зближи луѓето за да бидете сигурни дека компанијата може да продолжи со работа. Покажување сочувство додека се обезбеди непречено водење на мултинационална група, бара внимателно балансирање од Управниот одбор, а особено од Шпор. Тој е лицето и душата на Луфтханза“, вели д-р Стив Голдман, консултант за управување со кризи. Надоместокот е друга сензитивна работа која би можела да ја урне репутацијата на Луфтханза. Воочувајќи ја природата на инцидентот и светското медиумско покривање, многу важно е авиокомпанијата да се појави како чувствителна колку што е можно повеќе, особено во оној момент кога ќе се обиде да обезбеди надоместок за семејствата на 150-те жртви. Оспорувањето на бројот на барања и одлуката за долги судски спорови, би можеле да нанесат неповратна штета за компанијата. Отсега, Шпор е одговорен за водење на Луфтханза надвор од дилемата во која е втурната компанијата. Уште на почетокот од неговата кариера како извршен директор на една мултинационална корпорација, неговите лидерски вештини се тестираат до крајна граница. Со оглед на неговото работење, се чини дека Шпор е на ниво на задачата при справување со катастрофи. Доколку тој успее да го зголеми профитот на Луфтханза во еден ваков период, несомнено дека тој може да биде најдобриот извршен директор во историјата на авиокомпанијата. nnn

слови на опоравување од трагична несреќа


www.kapital.mk

Капитал број 818 03.07.2015

48

Фељтон

Агресијa - моќта на човечкиот дестр

Има ли решение з човековата дестр Примарното човечко искуство е, само по себе, вкоренето во нашето постоење, длабоко закопано во нашите архетипови и, доколку не е исхармонизиран со нежните и сетилни компоненти, создава невротичен расцеп, којшто може да манифестира архаични и ксенофобични манифестации, на социјален и политички план. Проф д-р Методи Чепреганов невропсихијатар

Пишуваат:

К

Проф д-р Методи Чепреганов невропсихијатар

Теодора Костовска

интернационален учител на Art of Living

Капитал и Професор доктор Методи Чепреганов започнаа со објавување серија текстови поврзани со агресијата. Според мислењето на еминентниот невропсихијатар токму сега е времето да се отвори оваа тема која е длабоко поврзана со сето она што ни се случува во современото македонско општество.

Конечно, во вака "созреани услови" се раѓа т.н. инструментална агресија, што обичниот човек ја нарекува многу едноставно, војна, а модерниот психолог "моќ на човековиот деструктивен инстинкт". Секако, во зреењето на овие услови имплицираат и други бројни фактори од економски, политички, воено-стратешки и социјален карактер, како и амбициите на водачите (вождовите), кои никогаш не треба да бидат заборавени и потценети, бидејќи токму тие со својот начин на размислување ја водат и креираат играта. Логично е да се постави прашањето: XX Има ли решение за човековата деструкција? Секоја нова состојба на нерамнотежа, го присилува човекот да трага за некоја нова и, по можност, подобра рамнотежа. Хипотезата е секогаш иста и останува иста, како да се дефинира постоењето, односно природата на човекот ?

Секој поединец има потреба од задоволување на своите егзистенцијални потреби, коишто се манифестират преку човековите страсти: независност, вистина, омраза, нежност, желба за правда, нарцисоидност, деструктивност. Тоа се, всушност, човечките страсти кои се интегрирани во човековиот карактер, кој претставува еден релативно постојан систем на сите неинстиктивни тежненија, со помош на кои човекот се однесува кон човечкиот и природниот свет.

Всушност, карактерот ја претставува втората човекова природа.

Разликите во карактерот потекнуваат од генетската диспозиција, но и од разликите во општествените состојби, поточно од милјето во кое личноста се раѓа, расте, се едуцира и твори. Човекот отсекогаш во своето постоење имал свои архетипови, култови и ритуали, задоволувајќи ги своите интереси преку материјалните добра, но, исто така, знаеме дека прачовекот е монотеистичен, моногамен и се хранел со билки. Овој "примитивен човеков дух на постоење " се создавал низ илјадолетија. Иако примитивен и создаван на фонот на примитивни религии и ритуали, и денеска немаме "вистински клуч" да го отвориме и да го одгонетнеме. Би требало да се согласиме со фактот дека примарното човечко искуство е, само по себе, вкоренето во нашето постоење, длабоко закопано во нашите архетипови и, доколку не е исхармонизиран со нежните и сетилни компоненти, создава невротичен расцеп, којшто може да манифестира архаични и ксенофобични манифестации, на социјален и политички план. Ако е ова така, си поставуваме едно отворено и исконско прашање: Дали е можно ова примарно искуство да го

Заклучок: Карактерот ја претставува чов


www.kapital.mk

Капитал број 818 03.07.2015

49

руктивен нагон (7)

Човекот е даден и зададен

за Д рукција? трансцедираме во еден нов дух, во дух на изворен човек? На поединецот му е потребна патоказна карта за неговиот природен и општествен свет, без која би бил неспособен да делува и да твори. Но, се чини дека таа патоказна карта не би била доволен водач за акција, ако ја нема јасно дефинираната цел, каде и кон што треба да оди, како да расте и да созрева.

Животните го немат тој проблем, бидејќи инстинктите им се и карта и цел

Човекот има мозок кој му овозможува во кој правец да оди, каде и кон што да се стреми. Потребен му е пат што ќе го восхитува, постојано ќе го одржува, тој навистина нема потреба од некоја прокламирана транзиторна вредност, таа е минлива, листопадна, туку обратно, нему му е потребна вистинска вредност, вредност што восхитува и е постојана. Тој пат на восхит и почит треба да ја обединува неговата енергија, да го издигнува над неговата сопствена егзистенција и да му дава значење на неговиот живот – архетипови на вербата и верувањето(Верата). Зборувавме, веќе, за постоењето на празнината кај човекот, за “празниот сад“ кој секој го носи со себе, уште од своето раѓање. Потребата да се исполнува таа празнина е исконска и е од суштинско значење; сепак, кај секого различна, индивидуална, интимна за секого, одделно. Може да биде исполнета со наука, уметност, творештво, нормален семеен живот, филозофија, а најмногу од се’ духовност, која исполнува најмногу и може да држи најдолго, до заминувањето од овој свет. Огромно е прашањето на личната селективност, сензитивност и знаење во личниот избор со што да се исполнува оваа празнина за да трае, да остане или да се претвори во полнотија, исполнетост. Исто така, знаеме дека секој сад, кога ќе се наполни до својот капацитет, има потреба да се испразни како создавање на простор за ново полнење. Исполнувањето, трае и тече постојано и тоа е најприроден ритам на Универзумот, како силен и најспонтан дел е тишината. Овде би морале да правиме разлика меѓу молчење и тишина, зашто

аден е по својата генетика, пренатален период преку меморијата или паметењето на клетките, кога му е потребен централниот нервен систем и првите три, најдоцна до пет години, за формирање на карактерот. Скоро сите психолози се согласни дека формирањето на психичката структура на човекот завршува до неговата трета година. Што се’ треба да се одвива во опкружувањето на детето до оваа возраст, кога тоа е впивачки ум? Познатиот научник, лекар-педадог и андрагог, Марија Монтесори, меѓу првите го набљудува детето на поинаков начин - како достојна и уникатна личност/индивидуа, која се развива, во согласност со природните закони, како самата го нарекува во едно свое дело “Впивачки ум“. На детето, од најрана возраст, а и пренатално, треба да му се обезбеди најдобрата и најтопла животна средина и грижа за оптимален физички и ментален развој, за исполување (манифестирање) на највредните човекови квалитети, кои, кога во комбинација се здружени, водат до заемно почитување, соработка, помош и мир во светот, како краен резултат.

тоа многу често не’ збунува, како што не’ збунува и често ги мешаме покорноста и послушноста.Покорен е човек од страв.Послушен е од љубов. Би било добро да можеме секогаш да сме будни во таа насока, за да знаеме со што и како да ја исполниме празнината, на патот до правата суштина на постоењето - љубовта. Социјалната одредница на животот е ослободувањето на потенцијалот на љубовта во човекот, копнежот кон неа и копнежот за божествената сеприсутност. Целта на ова писание е да се разбуди сопствената желба за себебарање, спознавање на патот на интроспекцијата, индивидуацијата, обожувањето. nnn

вековата природа


Застанете на патот на јазичните бариери! Курсеви за странски јазици (англиски, холандски, шведски, словенечки јазик) Уписите се во тек!!!

Дали Ви се случило некогаш да не сте го добиле бизнисот поради недоволно познавање на определен странски јазик или деловна терминологија? Не сте можеле да земете активно учество на деловниот состанок или семинар поради недостаток на самодоверба поради скромното знаење на стручна терминологија? Институт КОНЦЕПТ Ви подава рака да ја надминете оваа јазична бариера! Учете странски јазици со Институт КОНЦЕПТ! Сите курсеви се динамични, интензивни и практични. Учесниците се оспособуваат за комуникација во најчестите деловни ситуации: деловна коресподенција, водење на телефонски разговори, состаноци, учество на обуки, деловни патувања и сл.

Предавачи се искусни професори со развиени методологии за брзо учење на странски јазик како и предавачи чиј мајчин јазик е јазикот од соодветната земја.

КОНТАКТ: м-р Ленче Зикова и м-р Бојана Делидинкова

Организираме индивидуални часови, учење во мали групи и in-house oбуки наменети за потребите на фирмите.

 е-маил: institut@koncept.com.mk • 02 3216 962




Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.