840 kapital magazin

Page 1

COVER STORY КАКО СЕ ПОЛНЕШЕ АДМИНИСТРАЦИЈАТА ВО ИЗМИНАТИТЕ 10 ГОДИНИ?

МЕНАЏЕРСКИТЕ ДОГОВОРИ ВО МАКЕДОНИЈА КОЛКУ ДИРЕКТОРИ ИМААТ ВИСТИНСКИ ДИРЕКТОРСКИ СТАТУС?

Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

ЏУМАЈЛИЈА ПОСЛЕ СУБРАТА РОЈ ТРИ ЧЕТВРТИНИ ОД ОВЧЕПОЛИЕТО ЗЈАЕ ПРАЗНО

WWW.KAPITAL.MK

INTERVIEW

ВЛАДИМИР ЕФТИМОСКИ претседател на Управен одбор на Стопанска банка Битола

СЛЕДНАТА ГОДИНА ЌЕ БИДЕ ЕДНА ОД ПОТЕШКИТЕ, НО ТОА Е УШТЕ ПОГОЛЕМ ПРЕДИЗВИК ЗА НАС! СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ БИЗНИС ПОДАРОЦИ ИЗРАДУВАЈТЕ ГИ ДЕЛОВНИТЕ ПАРТНЕРИ СО СТИЛ: КОМПЛЕТЕН ВОДИЧ ЗА БИЗНИС ПОДАРОЦИ БРОЈ 840 | ЦЕНА 100 ДЕН. 4 ДЕКЕМВРИ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 17

Каква поддршка имаат стартапите во Источна Европа?



3

Капитал број 840 04.12.2015

содржина

36

10 08 НАВИГАТОР Стоте најголеми од

Северозападна Македонија со 600 милиони евра обрт

10 16 18

од раскинувањето на договорот со Субрата рој Три четвртини од земјиштето во Овчеполието се уште зјаат празни

36

капитално

Национален пораз

interview

Владимир Ефтимоски претседател на Управен одбор на Стопанска банка Битола

Следната година ќе биде една од потешките, но тоа е уште поголем предизвик за нас!

24

30 Агробизнис 46 lifestyle Успешна донаторска вечер на По повеќе од една година Ротари клубот Скопје Запад

cover story

Капитал истражува Како се полнеше администрацијата во изминатите 10 години?

Луѓе и компании Како се регулира директорскиот статус во Македонија

38

Компании и пазари

Конференција "ИКТ во Агробизнис" во организација на МАСИТ Доаѓа време на е-земјоделие

Истражувањето на Капитал за тоа колку и во кои институции имало најмногу вработувања во изминатите 10 години покажува дека во некои државни институции бројот на вработени е зголемен двојно, па дури и неколкукратно. Овие масовни вработувања во администрацијата се случува во време кога Македонија последнава деценија има просечни годишни стапки на економски раст од околу 3%. XX Стр.10

Глаголицата: споделено културно наследство

бизнис и технологија 48 губат Што добиваат, а што медиумите од

партнерството со Facebook?

51

специјален прилог Бизнис подароци n

Балкан бизнис Небојша Матиќ

сопственик на "Микроелектроника"

Преку добра работна филозофија дојде до успех: Работното време не е најважно, најважно е да ја завршиш работата на време!

40 Како државите од

Претприемништво Источна Европа ги помагаат стартапите?

Дупка без дно

38

60 62

Доаѓа Нова година, а правилата за бизнис подароци остануваат исти Комплетен водич за претпразничната треска на купување подароци

лидерство

Рекоа за.... промената

лидери

Лери Пејџ

основач на Гугл

Технологијата може да го направи светот подобар

Менаџерски договори

Start me up

Менаџерски договори по западен терк имаат многу малку менаџери во земјава, велат познавачите на оваа проблематика. Тоа се обично првите луѓе на компаниите со странски капитал, односно тимот на извршни директори, а пониските нивоа на менаџмент обично имаат обични договори за вработување според Законот за работни односи.

За да можеш да береш плодови, прво треба да засееш. Или ако оваа изрека се однесува на владите, тогаш мораш да им помогнеш на оние кои имаат желба да основаат фирма да успеат да изградат бизнис кои ќе прави приходи и ќе може да плаќа даноци. Даваме преглед за тоа како земјите од Источна Европа ги поддржуваат стартапите и малите бизниси.

XX Стр.24

XX Стр. 40

Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје l Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31 l П. ФАХ 503, 1000 Скопје l Основач и директор: Љупчо Зиков l Одговорен уредник: Биљана Здравковска Стојчевска l Печати: Графички центар Скопје, ул. Скупи бб, 1000 Скопје l Тираж: 3.000 примероци l Датум на печатење: 03.12.2015


www.kapital.mk

profile Академикот Таки Фити минатата недела беше избран за претседател на највисоката научна институција МАНУ. И на самиот почеток од неговиот мандат јасно и гласно го кажа неговиот став за актуелните и горливи проблеми со кои се соочува Македонија, што навестува дека МАНУ под негово водство ќе има поактивна улога во управувањето со земјата и во надминување на економските проблеми со кои се соочува земјава.

Во периодот од 1996 до 1998 година Таки Фити беше министер за финанси во владата во која премиер беше Бранко Црвенковски

Таки Фити, претседател на МАНУ

Апсурдно е да се задолжува државата на странски пазари за плати и пензии


www.kapital.mk

А

Капитал број 840 04.12.2015

5

profile

Академикот Таки Фити минатата недела беше избран за претседател на највисоката научна институција МАНУ. Професорот кој ги воведува студентите на Економскиот факултет во основите на економијата и претприемништвото се чини со МАНУ ќе раководи на малку поотворен начин отколку што тоа беше случај досега. На неколку дена по изборот новиот претседател на МАНУ го кажа јасно својот став за прашањето со кое деновиве беше окупирана економската и политичка јавност. Новиот претседател на МАНУ, Таки Фити новото задолжување за исплатата на плати и пензии го нарече апсурдно и порача дека не е добро кога една држава се задолжува надвор за покривање на тековни трошоци од буџетот. „Платите, пензиите, социјалните надоместоци мора да течат редовно, но во принцип е апсурдно да одите на задолжување и тоа на странски пазари, за да покривате тековни трошоци на буџетот“, изјави Фити. Коментирајќи го апелот на опозицијата, пак, која завчера им порача на банките да не вложуваат во државни хартии од вредност, професорот Фики истакна дека банките не мора да постапуваат како што ќе повикаат политичките партии. „Добриот банкар, менаџер, нема никогаш да слуша што некој политичар ќе му рече, сеедно од која партија е, бидејќи банката си го гледа својот интерес. Се знае кога тие ќе вложат, каде, со каква рочност, со пресметани ризици. А ризик има и во државните хартии од вредност, особено во период ако државата почне забрзано да се задолжува. Тие ќе си го пресметаат ризикот и ако треба, само ќе го намалат задолжувањето. Мислам дека апелот нема ефект и не може денес со оваа независност што ја имаат банките, политичарите да влијаат врз нив”, изјави академик Фити. Академикот Фити во изминативе години го застапуваше ставот дека на Македонија и е потребна промена на економскиот модел, кој ќе овозможи повисоки стапки на раст од 5% до 6%, повеќе инвестиции, креирање на нови работни места и поттикнување на развојот на мали и средни претпријатија. „Владата е се уште најголем инвеститор, најголем работодавач, најголем потрошувач. Тој модел треба да се смени, да се подобрат условите за приватните бизниси да инвестираат“, изјави пред неколку години академикот Фити. Според него, добро е де инвестира во инфраструктура и патишта, а не да се трошат пари за објекти кои не продуцираат раст и развој. nnn

Кој е Таки Фити? Владата е се уште најголем инвеститор и најголем работодавач, најголем потрошувач. Тој економски модел треба да се смени и да се подобрат условите за приватните бизниси повеќе да инвестираат.

Н

а пошироката јавноста новиот претседател на МАНУ и е познат како професор на Економскиот факултет и поранешен министер за финансии. Но, тој има извршувано и многу други важни економски и политички функции. Таки Фити е роден во Крушево во 1950 година. Магистрирал и докторирал на Економскиот факултет во Скопје, на теми од областа на економскиот развој на земјите во развој. Главни подрачја на неговата научна преокупација се: економија (микроекономија и макроекономија), економски раст и развој, претприемништво, земји во транзиција, модерни макроекономски концепции и политики. Од 1993 година е редовен професор на Економскиот факултет. Автор е на преку 230 стручни и научни трудовиобјавени во земјата и странство. Имал научни и студиски престои во Италија, Германија, Велика Британија, Франција и други земји. Таки Фити бил Декан на Економскиот факултет во Скопје, долгогодишен претседател на Сојузот на економисти на

Македонија. Во периодот од 1996 година до 1998 година бил министер за финансии во владата на Бранко Црвенковски. Исто така, гувернер на Светската Банка за Обнова и Развој и на Европската Банка за Обнова и Развој и Вице-гувернер на Меѓународниот Монетарен Фонд (1996-1998), член на Advisory Board на Russian and East European Research Centre (University of Wolwerhampton), консултант на OECD за проекти во областа на малите и средни претпријатија и претприемништвото, член на тимот на советници на Претседателот на Република Македонија (2005-2006), член на советничкиот одбор на Гувернерот на НБРМ (2005-2008), ко-претседател на Blue Ribbon комисијата за Македонија, член на одборот на директори на реномирани македонски претпријатија и банки итн. Во 2003 година е избран за редовен член на Македонската Академија на Науките и Уметностите. Тој е исто така член на Европскиот Совет за Култура (Société Européenne de Culture). Во 2009 година е назаначен за визитинг професор на Економскиот факултет во Загреб, Република Хрватска.

Платите, пензиите, социјалните надоместоци мора да течат редовно, но во принцип е апсурдно да одите на задолжување и тоа на странски пазари и за да покривате тековни трошоци на буџетот.


6

Капитал број 840 04.12.2015 издава: Капитал Медиа Гроуп основан 1999 година основач: Љупчо Зиков бул. ВМРО бр.7, зграда 1, влез 1, кат 6, стан бр.31

тел. ++ 389 2 3280 910 www.kapital.mk www.facebook/KapitalMK

И

WWW.KAPITAL.MK

Претплатете се на КАПИТАЛ... Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

COVER STORY

ТУРБУЛЕНЦИИ

НА ЕВРОПСКИОТ ТЕЛЕКОМ ПАЗАР И МАКЕДОНИЈА ЗАФАТЕНА ОД БРАНОТ ПОЛИТИКА

дејата и визијата за тоа што сакаат да направат, беше највредниот капитал кој го поседуваа луѓето што ја почнаа приказната КАПИТАЛ SPECIAL за Капитал пред повеќе од 15 години. Со ТОП 100 ИЗВОЗНИ ПРОИЗВОДИ макотрпна и посветена работа на својот тим, магазинот се наметна како еден од најрелевантните извори на квалитетни информации во Македонија и регионот, значајни за приватниот, јавниот и невладиниот сектор. Да се биде лидер на пазарот во својот сегмент е голема чест и задоволство, но и голема обврска кон сите што секоја недела нетрпеливо го чекаат Капитал да ги информира за економските проблематики и актуелности, но, и да ги едуцира со своите содржини за најновите трендови. ГОЛЕМА ИНВЕСТИЦИЈА НА МАКСТИЛ ОД 22 МИЛИОНИ ЕВРА Капитал се чита во директорски канцеларии, Капитал ЈОРДАНОВ: МЕТАЛУРШКИТЕ КОМПАНИИ ВО ЦЕЛИОТ СВЕТ ИМААТ ПОСЕБЕН се чита во кабинети на политичари, Капитал се чита ТРЕТМАН ОД ДРЖАВАТА на универзитети, институти, “тинк-тенк” центри.... БИЛДЕРБЕРГ: КАКВА ИДНИНА КРОИ СВЕТСКАТА ВЛАДА? едноставно Капитал е секаде кај што се со годишна донесуваат одлуки и креираат п ретплата од политики и стратегии. ШТО ПО ЛИДЕРСКАТА СРЕДБА ВО ПОНЕДЕЛНИК?! АНАЛИЗА

СУПЕРМАРКЕТИТЕ ПЛАЌААТ КОГА САКААТ, КОЛКУ САКААТ И КАКО САКААТ

КОЈ ГО ВЛЕЧЕ МАКЕДОНСКИОТ ИЗВОЗ?

WWW.KAPITAL.MK

4.100 20%

Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

10

денари, заштедете

Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

www.kapital.mk

 ПРЕДИЗВИЦИ ЗА ДОМАШНИТЕ БИЗНИСМЕНИ ШТО КОГА СЕМЕЈНАТА ФИРМА ЌЕ ИЗЛЕЗЕ ОД „ГАРАЖАТА“?

 ПЕЧАТНИЦА „АНС“, БИТОЛА КАКО ЉУБОВТА КОН ФОТОГРАФИЈАТА СТАНА СЕРИОЗЕН БИЗНИС

 ДИЛЕМИ НА МАКЕДОНСКИТЕ ПРЕТПРИЕМАЧИ КАКО ДА СЕ НАПРАВИ ДОБАР ПЛАН ЗА НАСЛЕДУВАЊЕ

24 месечна претплата 6.100 денари со вклучени 40% попуст

WWW.KAPITAL.MK

СЕКОЈА ТРЕТА ДРЖАВНА КОМПАНИЈА Е ВО ЗАГУБА. КОЈ ЌЕ ПОНЕСЕ ОДГОВОРНОСТ?!

 НОВ ЕКСПРЕСЕН ПАТ

INTERVIEW

ГРАДСКО - ПРИЛЕП

70

МИЛИОНИ ЕВРА

 ЕКСПРЕСЕН ПАТ

ОХРИД – ПЕШТАНИ

60

МИЛИОНИ ЕВРА

 ОТКУП НА СТАЖ

НА РАБОТНИЦИ ОД ПРОПАДНАТИ ФИРМИ

АНАЛИЗА ФИРМИТЕ НЕ МОЖАТ НИКАКО ДА СЕ НАПЛАТАТ ОД ДРЖАВАТА!

50

МИЛИОНИ ЕВРА

 АВТОПАТСКАТА ДЕЛНИЦА ТРЕБЕНИШТЕ – СТРУГА

ПАТРИК ЖИТОН претставник на ММФ во Македонија

ВЛАДАТА ДА НЕ ГИ КРАТИ ИНВЕСТИЦИИТЕ ЗА СМЕТКА НА СИТЕ НОВИ НАЈАВЕНИ ТРОШЕЊА!

45

МИЛИОНИ ЕВРА

WWW.KAPITAL.MK

ГРЧКОТО “НЕ” ГО СТАВИ НА ТЕСТ ЛИДЕРСТВО НА МЕРКЕЛ И ИДНИНАТА НА ЕВРОЗОНАТА

Буџетот се прекрои на партиски трибини. Новите ветувања на Груевски тежат над

ЕУ МОРА ДА СЕ МЕНУВА ЗА ДА ПРЕЖИВЕЕ специјален прилог - Банките и бизнисот

БЕТОН ДОБИТНИК НА РЕГИОНАЛНА БИЗНИС НАГРАДА

евра 200 милиони Од каде пари?

 МАКЕДОНЦИТЕ ТЕШКО

ГИ МЕНУВААТ НАВИКИТЕ СО “ПЛАСТИКАТА“ СО КАРТИЧКИТЕ НАЈМНОГУ СЕ ВАДИ КЕШ ОД БАНКОМАТ

БАНКАРИТЕ ВО ПОТРАГА ПО ФИРМИ ШТО ЌЕ ГИ КРЕДИТИРААТ

НАД МИЛИЈАРДА ЕВРА ВИШОК ПАРИ ИМААТ БАНКИТЕ. ЌЕ ГИ ДАДАТ ЛИ ЗА КРЕДИТИ?  КАКВИ ТЕХНОЛОШКИ

НОВИТЕТИ НУДАТ ДОМАШНИТЕ БАНКИ СЕГА?

СВЕТ: ИСЛАМСКАТА ДРЖАВА ЗА СВОЈАТА ГОДИШНИЦА УДРИ НА ТРИ КОНТИНЕНТИ ДВОБРОЈ 819/820 | ЦЕНА 100 ДЕН. | 10 ЈУЛИ/17 ЈУЛИ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16

WWW.KAPITAL.MK

БРОЈ 815 | ЦЕНА 100 ДЕН. | 12 ЈУНИ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16

Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

со вклучени 20% попуст

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ СЕМЕЈНИ БИЗНИСИ ПРЕДИЗВИЦИ ЗА ДОМАШНИТЕ БИЗНИСМЕНИ

ШТО КОГА СЕМЕЈНАТА ФИРМА ЌЕ ИЗЛЕЗЕ ОД „ГАРАЖАТА“?

ТУРЦИJA: ЕРДОГАН ОСТАНА, НО “СУЛТАН“ НЕ СТАНА. ШТО СЛЕДИ?

ПОЛИТИКА

12 месечна претплата 4.100 денари

ЦЕНИТЕ НА НЕДВИЖНОСТИ ПОЧНАА ДА РАСТАТ. ИНВЕСТИТОРИТЕ БАРААТ СИГУРНА ОАЗА

СЕМЕЈНИ КОМПАНИИ

ЗОШТО СЕ ВАЖНА АЛКА ВО РАЗВОЈОТ НА ЕКОНОМИЈАТА

ВИКТОРИЈА НУЛАНД ВО СКОПЈЕ НЕ ДОАЃА СО МАГИЧНО СТАПЧЕ... НО, МОЖНО Е ДА ДОЈДЕ СО БОКСЕРСКИ РАКАВИЦИ ?!

со вклучени 15% попуст

АНАЛИЗА

СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ СЕ ПРЕМИСЛУВААТ И ОДБИРААТ ДРУГИ ЗЕМЈИ!

специјален прилог - семејни бизниси

COVER STORY

6 месечна претплата 2.200 денари

COVER STORY

ПОТЕЗИ КОИ ЈА УНИШТИЈА КОНКУРЕНЦИЈАТА ВО МАКЕДОНИЈА

БРОЈ 809 | ЦЕНА 100 ДЕН. | 30 АПРИЛ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16

Во време кога квалитетната информација е најскапоцен ресурс, не дозволувајте да останете без најскапоценото. Станете и вие дел од семејството на редовни читатели на Капитал и искористете ги поволните пакети за претплата што ги подготвивме за вас.

WWW.KAPITAL.MK

БРОЈ 817 | ЦЕНА 100 ДЕН. | 26 ЈУНИ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16

WWW.KAPITAL.MK

БЕСКОНТАКТНИ КАРТИЧКИ И 24/7 ЕКСПОЗИТУРИ, НА РЕД Е МОБИЛНОТО ПЛАЌАЊЕ

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ БАНКИТЕ И БИЗНИСОТ НАД МИЛИЈАРДА ЕВРА ВИШОК КАЈ БАНКИТЕ. ЌЕ ГИ ДАДАТ ЛИ ЗА КРЕДИТИ?

ПОЛИТИКА: ПРОТЕСТИ КАКО ЖЕСТОКА НАЈАВА ЗА 17 МАЈ

*Во цената е вклучен ддв и платена поштарина

...заеднички ја креираме додадената вредност на нашите животни проекти...



www.kapital.mk

Капитал број 840 04.12.2015

8 НАВИГАТОР

ИЗјАВА НА НеделАТА

> БРОјКА

2%

e зголемен бројот на вработени во индустрија во месец октомври 2015 во однос на истиот месец минатата година.

РОБеРТ ФИцО Премиер на Словачка

Верувам дека дојде време да ја исклучиме Грција од Шенген зоната. Грција едноставно не и припаѓа на Шенген зоната, бидејќи не е способна да ги заштити шенгенските граници. Сите во Европа неформално се убедени дека Грција не припаѓа во Шенген

сТРАНсКИТе ИНВесТИцИИ НА

С

транските инвеститори во првите девет месеци од годината вложиле 116 милиони евра во Македонија, што е за 24,7% помалку во споредба со истиот период лани, покажуваат најновите податоци што ги објави Народната банка. Ова е резултат на работењето на вкупно пет министри задолжени за привлекување на странски инвестиции. Во исто време, странските инвеститори што веќе работат овдеа, оделале надвор

победник на неделата

БИл ГејТс

+

Лидерите на водечките технолошки компании, меѓу кои Џеф Безос и Марк Закерберг, влегуваат во новата Фондација на Бил Гејтс, и ќе инвестираат во развој на технологии за генерирање и користење обновлива и чиста енергија. Новата Breakthrough Energy Coalition (BEC) не објавува со какви финансиски ресурси ќе располага, но во прашање се десетици милијарди долари, ако се има предвид зедничкото богатство на учесниците во проектот. BEC ќе инвестира во најразлични технологии, а една од основите цели на фондот ќе биде да помогне во „преминувањето на светот во енергетска иднина со скоро нула штетни емисии“. Фондот ќе се финансира од личните богатства на учесниците, а не од компаниите што тие ги раководат. Според Гејтс, наредните 15 години може да ги донесат „големите исчекори од кои имаме потреба за да ја постигнеме целта“. А една од основните цели е растот на просечната глобална температура да се одржи под два степени годишно. Освен Безос и Закерберг во Коалицијата учестуваат уште основачот на Virgin, Ричард Бренсон, основачот на LinkedIn, Рид Хофман, Џек Ма од Alibaba …. Вреди да се напомене и дека Бил Гејтс е еден од најстарите борци за примена на зелената енергија и дека оваа негова политика ја пропагира и практикува повеќе од две децении. Покрај инвестирање во зелената енергија, фондациите на Гејтс се распространети насекаде на планетата и помагаат во разни области.

Стоте НАјголеми оД Севе мАкеДоНијА Со 600 мили

Н пишува:

Дејан Азески

Dejan.azeski@kapital.m

„Нептун“, „Алма-М“, „Ге-Мак“, „Принце“, „Пофикс“, „Ренова“, се само дел од топ 100 листата на најуспешни компании од Северозападна Македонија за 2014. Станува збор за 100 компании кои инкасираат годишен обрт од 600 милиони евра од кои 33 милиони евра се чисти приходи. Во овие компании во моментов работат повеќе од 5.000 луѓе,а во наредниот период се очекува нивниот развој да се интензивира. Стопанската комора на северозападна Македонија

минатата недела по петти пат им оддаде признаение на овие компании. Изборот се врши преку каталог што содржи анализа на потенцијалот на компаниите на домашен пазар и придонесот во вкупниот бруто домашен производ на земјата. Според министерот за економија Беким Незири особено радува фактот што прометот на најголемите 100 компании во северозападна Македонија за 2014 година изнесува навистина сериозни 600 милиони евра и дека секоја наредна година се очекува дополнително да расте. „Профитот изнесува 33 милиони евра, а бројот на вработени е речиси 5 илјади, што е доказ за развојот на овие компании, благодарение на мудрите бизнис одлуки и стратегии на нивните менаџери и квалитетниот избор на човечки ресурси ангажирани во нив“ рече Незири. Тој додаде дека овие параметри за фирмите во северозападна Македонија, остварени во 2014 година, се показател за позитивните тенденции во економијата на Македонија, кои забележуваат нагорна линија во континуитет. Претседателот на Стопанската комора на северозападна Македонија Неби Хоџа се надева на уште поуспешна наредна деценија. „И понатаму ќе продолжиме да ја


www.kapital.mk

Капитал број 840 04.12.2015

9

амалени за 24,7% годинаВа од земјата 152,9 милиони евра дивиденди, што значително влијаело на салдото на странски инвестиции. Статистиката на Народната банка покажува и дека од јануари до септември годинава, странците не само што не реинвестирале добивка, туку салдото има негативен предзнак од 2,9 милиони евра. Аналитичарите на овие бројки коментираат дека речиси неверојатно е да се остварат проекциите на Владата за прилив на странски инвестиции меѓу 240 и 410 милиони евра.

> БРојка

мисла на неделата

13,1%

Во економски свет кој е постојано изложен на удари на нови и нови кризи, единственото решение е да се работи на иновации и решенија со нова додадена вредност

Е зголемено индустриското производство во октомври 2015 во однос на и октомври 2014 година

лидери

Ли Кечианг Премиер на НР Кина

губитник на неделата

Филип ВујаноВиќ

Црна Гора доби покана за членство во НАТО алијансата како втора земја од Западен Балкан која успеала во тоа.

Ерозападна ИонИ ЕВра обрт Стопанската комора на северозападна Македонија по петти пат ги промовираше стоте најголеми компании кои работат во тој дел на земјава. Изборот се врши преку каталог што содржи анализа на потенцијалот на компаниите на домашен пазар и придонесот во вкупниот бруто домашен производ на земјата. спроведуваме мисијата за застапување на интересите на членките на Комората, како на локално, така и на меѓународно ниво, со надеж дека следните десет години ќе бидат поуспешни во поглед на поголема поддршка на женското преприемништво, инкорпорирање на општествено одговорни практики и развивање нови технологии и практики од аспект на развој на високите меѓународни стандарди“. Во Северозападниот дел на Македонија во моментов работат повеќе од 12.000 компании. Тие вработуваат повеќе од 20% од вкупно вработените во приватниот сектор на ниво на цела држава. nnn

папаТа ФРанцис п

Папата од историската посета на Африка побара збратимување на муслиманите и христијаните , а пораката ја испрати од џамијата

не им беше неделата

александаР Вучиќ

Сензационалните најави за „државен удар“, се претворија во шпекулации за обид за уривање на српска влада

ХајнРиХ Фон пиРеР

поранешен извршен директор на Сименс Пирер е обвинет за поткуп на грчки политичари со 70 милиони евра

_

Реџеп Таип еРдоган Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во последната недела дена е во центарот на вниманието на целата планета, откако турската армија го собори рускиот воен авион, што наводно го нарушил турскиот воздушен простор додека спроведувал дејства против Исламската држава. Следствено на контроверзната акција на турската армија, стигнаа и обвинувања од рускиот претседател Владимир Путин за тоа дека авионот бил соборен со цел да се прикрие шверц на нафта и оружје на релација Турција - ИСИС. Како капак на сè, стигнаа и обвинувања на некои од медиумите во Турција дека во ваквиот шверц директно е вмешан и синот на претседателот Ердоган. Уште пострашно е што Ердоган на ваквите обвинувања возврати со апсење на новинари, политички неистомисленици и противници од самата администрација. На крај против Ердоган се сврте и неговиот најголем сојузник САД, со оглед на фактот дека претседателот Обама го “опoмена“ околу врските со сириската опозиција која е во индиректно сојузништво со ИСИС. За економските и дипломатски штети кои ќе ги претрпи Турција веќе почнаа да стигнуваат процени од аналитичарите, со оглед на фактот што Русија воведе ембарго на активностите на турски компании во земјата. Во моментов се чини дека најстрашно од сè е што ни самиот Ердоган, ни никој во Турција не знае како ќе се извадат од ваквата повеќе од комплицирана ситуација.


Капитал број 840 04.12.2015

cover story story КАПИТАЛ ИСТРАЖУВА 10 cover

Колку се зголеми администрацијата за 10 години?

Државата вработува! Никој не знае колку точно луѓе земаат плата на товар на државниот и општинските буџети. Според власта таа бројка е 128 илјади луѓе, а неофицијалните бројки кои неодамна беа изнесени и од Европската комисија достигнуваат и до 175 илјади вработени. Истражувањето на Капитал за тоа колку и во кои институции имало најмногу вработувања во изминатите 10 години покажува дека во некои државни институции бројот на вработени е зголемен двојно, па дури и неколкукратно. Бројот на администрацијата, пак, во општините во изминативе седум години е зголемена за цели 80%. Овие масовни вработувања во администрацијата се случуваат во време кога Македонија во изминативе десет години остварува просечни годишни стапки на економски раст од околу 3%.

www.kapital.mk


www.kapital.mk

Капитал број 840 04.12.2015

11 5.026 Број на вработени во општините

4.408 4.013

80%

4.031

3.519 2.885

2.811

2006

2007

2008

5.158

е зголемувањето од за осум години

2009

2010

2011

2012

2013

Бројот на вработените во Владата во изминатите десет години е зголемен за дури

161%

Така на крајот на 2015 година во Владата работеле дури 667 лица, во споредба со 2006 година кога бројот на вработени изнесувал 225 Бројот на вработени во Министерството за надворешни работи на крајот на 2015 година достигнал 494, што е зголемување од

44%

во споредба со 2006 година кога во него имало 342 вработени.


www.kapital.mk

Капитал број 840 04.12.2015

12

cover story

И пишува:

Биљана Здравковска Стојчевска biljana.zdravkovska@kapital.mk

И покрај тоа што Македонија има посебно министерство за администрација, прашањето колку вработени земаат плата на товар на државниот и општинските буџети се уште нема јасен и прецизен одговор. Или ова прашање има повеќе можни одговори. Неофицијалните податоци тврдат дека бројот на вработени во јавниот сектор во Македонија се движи од 120.000 до 180.000. Можеби единствена попрецизна бројка дава Брисел во Извештајот за напредокот на земјата кон ЕУ, во која потенцира дека 25% од вработените во земјата работат во јавниот сектор. Тоа преведено во апсолутна бројка значи дека 170.000 луѓе работат на државна сметка. По овие објавени информации, се огласи и Министерството за информатичко општество и администрација кое тврди дека во моментот 128.530 луѓе работат во администрацијата и јавните претпријатија. Но, ниту една институција нема бројка колкав е бројот на привремени вработувања кои работат со договор на дело, а немаат трајни вработувања. Колку за споредба, во 2009 година јавната администрација во Македонија броела околу 115 илјади вработени. Во речиси секој извештај од Европската комисија Македонија добива критика за преголемата и партизирана администрација. Во последниот извештај македонската власт се предупредува под итно да се справи со политизацијата на јавната администрација и да се суспендира трајното вработувања на привремените вработени или вработените со договор на дело. Иако со Пржинскиот договор, како и во извештајот од Европската комисија беше договорено и наложено власта да сопре со трансформацијата на привремените вработувања во трајни, тој процес продолжува со исто темпо Податоците од Бирото за јавни набавки покажуваат дека државните институции и во изминативе неколку месеци секојдневно продолжуваат да ангажираат услуги од агенциите за привремени вработувања. Неодамна, новиот заменик министер за финансии Кире Наумов изјави дека владата на СДСМ ќе има 20 министри, а не 26 министри како досега, а бројот на пратеници од досегашните 123 ќе се намали на 90 до 100. „Визијата за Македонија“ јасно кажуваме

Вработени во буџетски институции 2006-2015 Институции Претседател на Р.М

2006 28

Предлог буџет за 2016 57

(Промена 2006-2010) 29

Агенција за разузнавање

239

224

-15

Собрание на Р.М.

305

404

99

71

93

22

6

31

25

нема податок

104

-3

10

27

17

нема податок

28

4

29

32

3

Влада на Р.М.

255

683

428

Служба за општи и заеднички работи

Државен завод за ревизија Државна комисија за спречување на корупција Државна изборна комисија Комисија за заштита на конкуренција Дирекција за заштита на лични податоци Уставен суд

316

403

87

Секретаријат за законодавство

14

26

12

Јавно правобранителство

91

114

23

Агенција за администрација

44

65

21

77*

96

19

7.808

7.774

-34

Секретаријат за европски прашања Министерство за одбрана Дирекција за безбедност на класифицирани

9

29

20

Дирекција за заштита и спасување

195

288

93

Центар за управување со кризи

303

326

23

12.245*

11.329

-916 -411

Министерство за внатрешни работи Министерство за правда

648

237

Управа за извршување санкции

489

873

384

Министерство за надворешни работи

342

494

152

Министерство за финансии Министерство за информатичко општество и администрација Царинска управа

637

817

180

Биро за стоковни резерви Управа за јавни приходи

1**

221

220

856

1.138

282

23

34

11

1.172

1.333

161

Министерство за економија

382

289

-93

Министерство за животна средина

101

228

127

Министерство за транспорт и врски

183

282

99

Управа за цивилно- водушна пловидба

265 561

Министерство за земјоделство

426

987

Агенција за поттикнување на земјоделство

126

119

-7

Министерство за труд и социјала

282

1.924

1.642

29.926

5.874

-24.052

144

202

58

Агенција за млади и спорт

21

50

29

Министерство за култура

72

227

155

2.281

2.813

532

185

183

-2

Министерство за локална самоуправа

21

54

33

Агенција за иселеништво

16

21

5

Агенција за информации

23

22

-1

Општествена заштита на деца Министерство за образование и наука Биро за развој на образование

Финансирање дејности од културата Министерство за здравство

Комисија за односи со верски заедници

3.204

5

15

10

Агенција за катастар за недвижности

883

924

41

Државен завод за статистика

254

312

58

Државен архив на Р.М

221

293

72

Биро за судски вештачења

28

44

16

МАНУ

53

67

14

Биро за регионален развој

11

22

11

2.700

3.087

387

358

575

217

53

74

21

Фонд за пензиско и инвалидско осигурување

660

694

34

Фонд за здравствено осигурување

645

889

244

Агенција за вработување Секретаријат за спроведување на Рамковниот договор Управа за водење на матични книги

532

505

-27

1.637

1.905

268

434

501

67

Судска власт Јавно обвинителство на Р.М. Народен правобранител

*податоците се од 2008 година **податоците се од 2009 година

(извор: Буџети на Р.М)


www.kapital.mk

Капитал број 840 04.12.2015

13 ЕВЕ ШТО БАРА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ОД МАКЕДОНИЈА:

В

о последниот извештај на Европската комисија се напоменува дека Македонија во следната година треба да ги заврши следните обврски околу реформата на јавната администрација:

XX да се справи со сериозната загриженост за политизацијата на јавната служба и да обезбеди целосно спроведување на начелата на отчетност, транспарентност и заслуги XX да го суспендира и повторно да го разгледа спроведувањето на Законот за трансформација во редовен работен однос додека целосно не се испочитува начелото на заслуги XX да донесе Стратегија за реформа на јавната администрација

дека никој во јавната администрација не треба да стравува за своето работно место доколку професионално и одговорно си ги извршува своите работни задачи. Единствено што ќе намалиме е бројот на министерства. Во Германија, на пример, на пет милиони граѓани имате еден министер. Во Македонија имаме еден министер на 81.000 граѓани”, вели Наумов. Изјавата на Наумов е една од ретките јавно дадени изјави на некој политичар во Македонија во изминативе неколку години за потребата од реформи и намалување на бројот на вработени во јавната администрација.

Каде најмногу се вработуваше во минатите 10 години?

Без разлика колку е точниот број на вработените во државни јасли, неспорен е фактот дека масовно се зголемува бројот на вработени во буџетските и државни институции. Трендот на вработувањата во јавната администрација го покажува и истражувањето на Капитал за тоа колку и во кои институции имало најмногу вработувања во изминатите 10 години. Во истражувањето се опфатени поголемиот број на институции кои се јавуваат како буџетски корисници, а податоците за бројот на вработени се земени од буџетите на Министерството за финансии, заклучно со податоците за бројот на вработени во последниот буџет за 2016 година. Од 57 анализирани институции, кај 10

има намалување на бројот на вработени, додека кај останатите 47 институции вработувањата се движат од 5% па до 570%. Ако се гледа процентуално, најголемо зголемување на бројот на вработени има во Министерството за информатичко општество и администрација каде се неведува дека во 2016 година ќе има 221 вработен, додека во 2009 година биле вработени само 10 луѓе. Министерството за труд и социјала е следно со најголем пораст на вработува-њата. Имено во периодот од 2006 година до 2015 година во ова министерство биле вработени вкупно 1.614 лица. Па така ако во 2006 година во него бројот на вработени бил 282, сега во ова министерство работа 1.896 лица. Колку за споредба во Македонија има само пет компании кои вработуваат повеќе од ова министерство, а три од нив се државни. Бројот на вработените во Владата во изминатите десет години е зголемен за дури 161%. Така на крајот на 2015 година во Владата работеле дури 667 лица, во споредба со 2006 година кога бројот на вработени изнесувал 225. Големо вработување имало и во Министер-ството за животна средина кад бројот на вработени за изминатите десет години е зголемен за 118%, па во 2015 година на платен список биле 221 лице, во споредба со 2006 година кога тој број изнесувал 101 лице.

Во Министерството за земјоделство во изминативе десет години бројот на вработени се зголемил за 480 луѓе или за 112%, па така на крајот на 2015 година работеле дури 906 лица, што е двојно повеќе од 2006 година кога во ова Министерство работеле 426 луѓе. Големо вработување има и во кабинетот на Претседателот. На крајот на 2015 години во кабинетот имало 57 вработувања, додека во 2006 година нивниот број бил за 96% помал, или само 28 вработени. Бројот на вработени во Министерството за надворешни работи на крајот на 2015 година достигнал 494, што е зголемување од 44% во споредба со 2006 година кога во него имало 342 вработени. И бројот на вработени во Собранието е зголемен за 41%, од 305 вработени во 2006 година на 433 вработени во 2015 година. Бројот на вработени во Царинската управа на Македонија во 2015 година достигна 1.139 лица, во споредба со 2006 година кога таму работеле 856 лица, што е зголемување за една третина. Зголемување на вработените за околу една третина има и во Фондот за здравствено осигурување каде на крајот на 2015 година работеле 841 лице, во споредба со 645 вработени колку што биле во 2006 година. Во Службата за општ и заеднички работи бројот на вработени во изминатите десет години е зголемен за 28% или за 183 лица, па во 2015 година во оваа институција имало дури 820 вработени.

Бројот на вработени во општините зголемен за 80%

Покрај зголемувањето на бројот на вработените во буџетските институции во изминативе неколку години има масовно вработување и во општините. На крајот на 2013 година вкупниот број на вработени во сите македонски општини достигна 5.158, што е зголемување за околу 80% во споредба со 2006 година кога во општините имало 2.885 вработени. Ова го покажува анализата што ја направи Капитал врз база на податоците од Народниот правобранител кој секоја година прибира информации од институциите за бројот на вработеност и спроведување на начелото за правична застапеност. Кај дел од општините вработеноста во овој период пораснала дури и за четири до осум пати, а најголемите вработувања се случуваат во предизборните години, односно 2008 година и 2012 година, непосредно пред локалните избори во 2009 година и 2013 година. За податоците да бидат пофрапантни, тука е и податокот, објавен во ревизорските извештаи, дека многу од општините овие вработувања ги правеле спротивно на законските прописи, но и без реална потреба за вработување на нови лица. Ваквото заобиколување на законот најмногу


www.kapital.mk

Капитал број 840 04.12.2015

14

cover story

се прави преку ангажирање на лица со договор на дело како и ангажирање на лица од агенциите за привремени вработувања, кои место да извршуваат привремена работа, најчесто се примени и извршуваат задачи како вработени во редовен работен однос. Чаир, Охрид, Тетово и Кисела Вода се општините кои најмногу вработувале во последните седум години. Во Чаир вработеноста е зголемена за осум пати, но во апсолутни бројки, вработеноста е помала во однос на другите општини. Така во 2006 година во Чаир работеле 23 лица, додека во 2013 година тој број се искачил на 102. Најмногу вработувања се случиле во општина Тетово, каде вработеноста за последните седум години се зголемува речиси четири пати. Во 2006 година во оваа општина работеле 102 лица, додека во 2013 година таму работат 390. Следна е општина Охрид, каде вработеноста се искачила за три и пол пати. Во 2006 година во општина Охрид работеле 75 лица, додека во 2013 година во општината работат 260 лица. Слична е состојбата и во општина Кисела Вода. Таму вработеноста во последните седум години пораснала за 2,5 пати. Во 2006 година таму работат 48 лица, а во 2013 година општината брои 121 лице. Во останатите општини порастот на вработеност најчесто се движи од 1,5 до 2,5 пати, а има и такви општини каде вработеноста е речиси иста во текот на сите овие години. Инаку, најмногу вработени има Градот Скопје. Таму во 2013 година работат 662 лица, што е за 209 лица повеќе од 2006, кога таму работеле 453 административци. nnn

1.600 АДМИНИСТРАТИВЦИ СЕДАТ ДОМА, А ЗЕМААТ ПЛАТА

У

ште еден феномен кој се чини е карактеристичен само за Македонија е вработувања во јавната администрација, кои земаат плата од буџетот, а не одат на работа. Јахи Јахиу, државен секретар во од Министерството за информатичко општество и администрација неодамна соопшти дека околу 1.600 административци седат дома, а земаат плата. „Оваа бројка е дел од спроведувањето на рамковниот договор – државни службеници немаат работен ангажман, но имаат редовни месечни приходи. И покрај слабостите во практичната реализација, правичната застапеност на етничките заедници е позитивна за општеството и преку неа државата ги подобрува услугите кон граѓаните“, рече Јахиу. Ваквата пракса е со години по ред критикувана во Извештајот за напредокот на земјава на Европската комисија. Во извештајот од оваа година, објавен пред две недели, пишува: „Напорите за достигнување на целите на правична застапеност не ги земаат секогаш предвид реалните кадровски потреби на институциите и начелото на заслуги. Се зголеми бројот на вработени во јавниот сектор кои не мора да се појават на работа. Министерството е надлежно за обезбедување на навремени податоци во реално време за целата јавна служба. Вкупниот број на постојани и привремено вработени, од сите видови, треба да биде јавно достапен на редовна основа “, стои во извештајот, во кој се наведува дека ова е итен реформски приоритет.



пишува: Биљана Здравковска стојчевска

Национален пораз Дури 39% би сакале да работат во јавната администрација. Веројатно убедени од реалноста дека најмногу работни места се отвораат во јавната администрација, дека таму платите се повисоки или можеби дека партиските врски може најлесно да ви донесат вработувања во јавниот сектор... И сосема нормално е оние кои не сакаат да го одат овој пат и да бидат партиски послушници да сакаат да си заминат од Македонија.

biljana.zdravkovska@kapital.mk facebook.com/biljana.zdravkovska

M

Минатата недела беа објавени резултатите од истражувањето на Фондацијата Фридрих Еберт според која над 50% од младите размислуваат да си заминат од Македонија. Една третина од нив никогаш не би се вратиле во Македонија. Дури 70% веруваат дека после образованието не можат да најдат вработување според образованието. Запрашани кои се факторите кои веруваат дека најмногу ќе им помогнат да дојдат до вработувања одговориле дека тоа е партиските и пријателските врски, потоа образованието, па професионалноста. Ако се суди за иднината на Македонија според поговорката светот останува на младите, тогаш оваа земја, ваква каква што е, нема да остане на младите. Тие ќе ја напуштат Македонија. Во отсуство на официјални бројки, ова истражување само го потврдува егзодусот со кој се соочува Македонија и со масовниот одлив на млади луѓе. Бидејќи станува збор за млада популација од 15 до 19 години и нивните размислувања го трасираат патот по кој ќе се движи Македонија и кој прогнозираат дека овој егзодус на младите ќе продолжи, и тоа веројатно уште позасилено во иднина. Она што е можеби уште пострашно е одговорот на младите луѓе на тоа каде би одбрале да работат. Дури 39% би сакале да работат во јавната администрација. Веројатно убедени од реалноста дека најмногу работни места се отвораат во јавната администрација, дека таму платите се повисоки или можеби дека партиските врски може најлесно да ви донесат вработувања во јавниот сектор...И сосема нормално е оние кои не сакаат да го одат овој пат, да сакаат да си заминат од Македонија. Очигледно, или за среќа, светот станува многу отворен, па младите сега многу полесно можат да дознаат и самите да се уверат дека таму некаде, надвор од ова мало парче земја, можат да бидат личности, дека може да се развиваат и надвор од рамките кои ги поставуваат политичарите. Дека може да се вработат и брзо да напредуваат само и само благодарение на сопственото знаење, вештини и работа, без да имаат врски, без никој да им побара да потпишат членство за во некоја партија и без да мораат да ги трпат партиските притисоци за напредување во кариерата. Дека може да работат и да заработуваат плата со која може да си дозволат нормален живот...


КапиталНО

Каква е иднината на Македонија ако во неа останат само оние кои не сакаат да учат, да создаваат, да се натпреваруваат, само оние кои се уверени дека единствен квалитет и вештина за преживување и успех е да бидеш партиски послушник ...Тоа е поразително. Она што е уште попоразително е што не се прави ништо конкретно, освен повремените декларативни заложби, за тоа да се промени. Интересни се некои коментари од читателите на интернет сајтовите на овие податоци од Истражувањето. Од типот дека не било воопшто лошо тоа што сакаат младите да заминат од земјата, дека било убаво да видат како е надвор и да се образуваат, дека младите и порано си заминувале од земјава и тоа од истите причини, дека и во минатото вработување се добивало само преку пријатели и партиски врски... Демек луѓето се селеле и од поранешната СФРЈ, иако сите велат дека супер се живеело... Она што зачудува е леснотијата со која луѓето го прифаќаат и оправдуваат тоа... Таман и да е така. Каде е нагонот тоа да се осуди, да се промени? Или совеста им е помирна ако кажат дека тоа било така отсекогаш... Па така треба и да остане. Дали е нормално вашето дете да може да се вработи и да напредува само ако е член на партијата? Како ли ги воспитуваат децата? Дека не мора да учи и да знае, дека треба само да се зачлени во партија и да биде послушен партиски војник за да живее нормално... Ова се поразителни податоци од било кој аспект да се гледа. И кои покажуваат дека за сите оние кои мислат поинаку и кои не сакаат својот живот да го заложат во партијата, нема место во оваа држава. И затоа не треба да не чуди трендот што луѓето масовно се селат од Македонија. Бидејќи за овие луѓе тоа е единствениот излез. А токму овие луѓе се движечкиот погон на секоја држава. Тоа се младите луѓе кои се гушат во ваква средина, кои се амбициозни и кои знаат дека имаат

многу повеќе знаење и вештини за да успеат без да мораат да се потчинат на државниот апарат. Младите луѓе кои сакаат промени се принудени да се отселат од Македонија. Младите луѓе кои повикуваат и бараат промени на овој партиски систем во кој живееме како да се главните непријатели. Каква е иднината на Македонија ако во неа останат само оние кои не сакаат да учат, да создаваат, да се натпреваруваат, само оние кои се уверени дека единствен квалитет и вештина за преживување и успех е да бидеш партиски послушник ...Тоа е поразително. Она што е уште попоразително е што не се прави ништо конкретно, освен повремените декларативни заложби, за тоа да се промени. Бројките од 600 илјади луѓе иселени од Македонија за некои можеби не се веродостојни, можеби се помалку, а можеби се повеќе. Тоа е можеби и помалку битно кога се анализира овој проблем. Бидејќи Македонија е земја која нема направено попис веќе 13 години и која не ни планира да прави попис во блиска иднина. За почеток добро ќе биде да се преброиме и да се соочиме со проблемот во вистинската негова големина. Тоа е првиот предуслов за да се води било каква друга политика која би можела да го спречи овој тренд. Ова е крајно време кога мора нешто да се преземе и тоа од сите фактори, како на образовен, така и на политички, економски план...Пред да биде предоцна за било што да се направи за да се спречи овој национален пораз. nnn


Капитал број 840 04.12.2015

18

Интервју

interview

Владимир ЕфтимосКи претседател на Управен одбор на стопанска банка Битола

Следната годИна ќе бИде една од потешкИте, но тоа е уште поголем предИзвИк за наС!

www.kapital.mk


www.kapital.mk

Капитал број 840 04.12.2015

19 Наредната година ќе биде една од потешките со оглед дека секоја изборна година е проблематична за стопанството, а со тоа и за финансискиот сектор и за граѓаните. Но, нас како банка тоа не мотивира. Ние сме излегле како добитници во многу потешки ситуации и од банка која имала големи загуби во минатото се вративме на старите патеки, на профитабилно работење и признанија за нашиот успех. Она што искрено го очекувам за наредната година е политичарите да се однесуваат исто одговорно како што се однесуваат во најмала рака банките и да ја решат политичката криза што е можно побрзо без големи потреси. Набрзо после изборите, брзо и ефикасно да се избере влада што е потребно за целата економија, но и за државата за да може непречено и брзо да започне нормалното функционирање на институциите и да се поддржи економскиот раст, што е важно за сите учесници на пазарот - банките, компаниите и граѓаните.

Г

XX Г- не Ефтимоски, загубата што ја направи банката во првите девет месеци значи дека за разлика од лани, кога прикажавте рекордна добивка, годинава е значително полоша. Што е причина за загубата и какви се очекувањата до крајот на годината, може ли сепак билансот на успех да биде позитивен? Резултатите во работењето на Стопанска банка Битола повеќе се слика на целосната ситуација во економијата и во земјата. Глобалната политичка, но и економска криза се засили, а на локално ниво големо негативно влијание имаше политичката криза која започна од почетокот на годинава. Тоа се одрази негативно на голем број инвестициски проекти на наши клиенти, со што дел од очекуваните приходи од нив отсуствуваат. Ваквата ситуација дополнително се влоши после кумановскиот конфликт, бидејќи луѓето во Македонија се многу чувствителни

на вакви случувања и во состојба на страв реагираат ирационално. Од овие причини менаџерскиот тим на банката во втората половина на годината мораше да ја смени стратегијата, со што главно се ориентиравме кон македонски компании со доминантна домашна сопственост и кон задоволување на нивните потреби за тековни, односно обртни средства. Гледам дека целиот банкарски пазар направи една ваква преорентација. Ова не значи дека банката нема да ги исполни финансиските планови. Напротив докажавме дека и во вакви турбулентни и неизвесни ситуации реагираме доста ефикасно и флексибилно, со што сметам дека планот за 2015 година ќе биде исполнет. Во вака сложена економска, политичка и економска ситуација во земјава во текот на цела година, позитивните финансиски резултати дојдоа во последниот четврт квртал. Билансот на успех е само еден од дел од финансиските планови и секако еден од клучните таргети на акционерите, па затоа и сметам дека ќе биде исполнет, односно годината ќе ја завршиме позитивно. Сепак, поширока цел на Управниот одбор и на целиот менаџерски тим е да продолжиме со стабилно и растечко темпо, при што стабилноста ја ставаме пред профитабилноста. Стабилноста и сигурноста на Банката секогаш ги ставаме пред апетитот за голем профит. XX Колку брзо може да се надминат последиците од политичката криза врз работењето на банката и на фирмите? Како што веќе споменав, политичката


www.kapital.mk

Капитал број 840 04.12.2015

20

Интервју

криза имаше многу негативно влијание во 2015 година со оглед на тоа дека започна уште на почетокот на годината. Кога велам негативно влијание, не сметам дека ги турна целата економија и финансискиот систем во негатива или наназад, но значително го забави или целосно го анулираше трендот на пораст, што во услови на инертност во работењето, како што се во Македонија, сметам дека ќе изгубиме најмалку уште една година пред да започнеме да се движиме потворно напред со пораст и во услови на стабилност. Во вакви услови, голем број на инвестициски проекти, не само на странски, туку и на успешни домашни компании беа одложени. Сметам дека тие сепак ќе се реализираат во наредните години, но знаеме дека одлуките за нивно реализирање овој пат ќе се носат многу потешко и побавно. Тредот на пораст во наредните четири години и тоа како ќе биде доста помал отколку пред 2015 година, без разлика што и тогаш светот беше во економска криза. XX Каква е Вашата стратегија и план за реформирање на Стопанска банка Битола во следниот период? Дали продажба на банката е едно од сценаријата? Уште од втората половина на 2013 година, а особено во 2014 година Банката започна со трансформација и консолидација. Во овој период се промени организацијата на работење, се прошири мрежата на експозитури, се дополни кадарот со искусни млади луѓе со банкарско знаење, кои успеавме да ги преземеме од банкарскиот пазар. Несомнено ваквата промена на начинот на работа вроди со плод, кој е изразен преку стапките на пораст во билансот на состојба и преку позитивните резултати во билансот на успех, а најдобро се пресликани преку наградите кои ги доби банката од престижните финансиски магазини Global Banking&Finance Review и International Banker, кои не прогласија за најдобра банка за работа со стопанството, два пати за најдобра банка за работа со население, а јас добив награда за најдобар главен извршен директор во банкарскиот сектор во Македонија. Секако овие успеси не можат да се остварат без целиот менаџерски тим, но и без сите вработени во банката. Нашите планови не застануваат овде. Во нашата стратегија имаме цели за постојана надградба на кадарот, знаењето, производите и услугите, како и на целата технологија на работа следејќи ги светските трендови. Во услови на потреба за постојан пораст, се јавува потребата и за свеж капитал. Од тие причини и опцијата за продажба е дел од нашите сценарија. Секако дека во вакви сложени економско-политички услови во земјава тешко дека тоа би се случило брзо и едноставно. Од досегашното искуство, патот за привлекување странски

Веќе подолго време меѓу приватните компании и банките има една теза дека не се даваат доволно кредити, односно дека ставот на банките е дека нема доволно добри проекти. Сметам дека вистината е некаде помеѓу. Моменталната политичка ситуација наметна услови во кои компаниите, а во нив спаѓаат и приватните компании, треба да одложат определени предвидени инвестиции. Со тоа пазарот на кредитирање на стопанството доживеа целосна трансформација кон кредити за тековни обврски и ликвидност. Секако дека ваквото преструктуирање не е поволно ни за банкарскиот сектор, ни за целата економија. Без инвестиции нема раст и напредок, што секако не доведува до нови работни места и можност за кредитирање на граѓаните. стратешки партнер е во насока прво да го заинтересираме со квалитет на работење и стабилност, а не со финансиски резултати. Тоа би одело преку привлекување странски кредитни линии со контролиран пласман на овие средства, за подоцна да се надгради оваа соработка преку субординиран долг. Доколку во овој процес банката ги задоволи критериумите на потенцијалниот инвеститор, не е исклучена и продажба. Целиот овој процес е долг и несомнено сложен со оглед на, не само моменталната економско политичка ситуација во Македонија, туку и на условите во економијата и финансиските пазари кои владеат во светот. Пред заздравување на светските пазари на капитал, сметам дека не ќе може да се случат овие активности и во Македонија. XX Податоците покажуваат дека во првите девет месеци сте одобриле 13,3% повеќе кредити од лани, за

фирмите 6,7%, повеќе, додека пак кредитирањето на граѓаните сте го зголемиле за дури 30%. Значи ли тоа дека ја менувате стратегијата во време на криза повеќе да работите со населението како помалку ризично, отколку со бизнис секторот? Одговорот е многу краток - условите од политичката криза го наметнаа истото. Во услови кога голем број инвестициски проекти се одложија моравме да направиме делумна промена на стратегијата за во тој момент да не гo изгубиме чекорот на пораст. Од овие причини се засили кредитирањето на населението. Сепак, веќе во третиот, а особено во четвртиот квартал се преориентиравме кон она што најмногу го бара корпоративниот сектор во моментов, а тоа се кредити за тековни обврски. Од друга страна, гледајќи ја структурата на нашето кредитно портфолио, Банката во минатото била строго ориентирана кон работење со стопанството. Сметаме дека ваквата концентрација на ризикот е доста неповолна, што е најсилната причина зошто направивме и определена блага промена во нашата стратегија и се насочивме кон граѓаните. Како силна регионална банка од Битолско–Пелагонискиот регион ја вративме нашата препознатливост во овој дел од земјата, особено меѓу граѓаните. Ризиците во работењето се нашиот клучен индикатор, кој ни покажува каде ќе растеме. Во дадениов случај тоа е ризикот од концентрација на кредитното портфолио, каде ја напуштаме стратегијата на големи пласмани во стопанството и се насочуваме кон физичките лица. XX Последните пораки од гувернерот до банките се да прикочат со одобрување на потрошувачки кредити за граѓаните, за да се спречи влошување на нивната наплата, а наместо тоа да давате повеќе кредити за фирмите. Кои се ризиците за кои алармира гувернерот и дали ќе го послушате? Стопанска банка Битола секогаш имала во своето кредитно порфтолио поголемо учество на кредитите за стопанство, така што доколку се примени некаква рестриктивна мерка, таа ќе нема големо влијание врз нашето работење. Согласно статистичките податоци со кои располага Народната банка на Република Макеоднија, гувернерот ја следи и гледа макроекономската слика во финансискиот сектор, но и глобално во економијата. Од тие причини, сметам дека се препознаваат определни ризици во таквото работење на банките и во структурата на нивните пласмани. Ние како банка го следиме тоа од наша перспектива, односно од структурата на нашето портфолио. Затоа сметам дека нашето пазарно учество

Ефтимоски: Компаниите да го продолжат инвестирањето


www.kapital.mk

Капитал број 840 04.12.2015

21

во делот на потрошувачки кредити на банкарски сектор е невлијателно за да може позначително да ги зголеми ризиците во овој сегмент. Секако, како банка сме обврзани да ја почитуваме законската регулатива и да ја имплементираме во нашата стратегија. XX Кои се главните причини што ги спречуваат банките да даваат повеќе кредити на приватните компании? Веќе подолго време меѓу приватните компании и банките има една теза дека не се даваат доволно кредити, односно дека ставот на банките е дека нема доволно добри проекти. Сметам дека вистината е некаде помеѓу. Моменталната политичка ситуација наметна услови во кои компаниите, а во нив спаѓаат и приватните компании, треба да одложат определени предвидени инвестиции. Со тоа пазарот на кредитирање на стопанството доживеа целосна трансформација кон кредити за тековни обврски и ликвидност. Секако дека ваквото преструктуирање не е поволно ни за банкарскиот сектор ни за целата економија. Без инвестиции нема раст и напредок, што секако не доведува до нови работни места и можност за кредитирање на граѓаните. Затоа и сметам дека вистината е помеѓу. Банките, како и приватните компании треба

да направат многу повеќе за заживување на оваа инвестициска активност, која е од интерес не само за нив, туку и за целата економија. Компаниите треба да го продолжат процесот на инвестирање, а банките да ги релаксираат условите за инвестициски кредити. XX Каква е наплатата на кредитите во последно време? Колку проблематични должници се граѓаните и колку компаниите имаат финансиска кондиција на време да ги враќаат кредитите? Од кои сектори се најпроблематичните должници? Генерално условите во работењето во овој сегмент не се драстично променети споредено со минатата година. Затоа и сметам дека ќе останат исти и во наредната година. Финансиската култура и кај граѓаните и кај компаниите е на доста високо ниво и се придржуваат кон обврските за плаќање. Проблемите кои се јавуваат најчесто се изолирани случаи и зголемувањето на процентот на нефункционални кредити е минимален, што повеќе го гледам како резултат на растечкиот тренд на кредитирањето, а не како системски проблем. Од тие причини, сметам дека препораките на гувернерот се во насока определени кредитни активности да

Не е исклучена продажба на Банката

В

о услови на потреба за постојан пораст, се јавува потребата и за свеж капитал. Од тие причини и опцијата за продажба е дел од нашите сценарија. Секако дека во вакви сложени економско-политички услови во земјава тешко дека тоа би се случило брзо и едноставно. Од досегашното искуство, патот за привлекување странски стратешки партнер е во насока прво да го заинтересираме со квалитет на работење и стабилност, а не со финансиски резултати. Тоа би одело преку привлекување странски кредитни линии со контролиран пласман на овие средства, за подоцна да се надгради оваа соработка преку субординиран долг. Доколку во овој процес банката ги задоволи критериумите на потенцијалниот инвеститор, не е исклучена и продажба.

о, а банките да ги релаксираат инвестициските кредити


www.kapital.mk

Капитал број 840 04.12.2015

22

Интервју

забават, односно да се пренасочат, а не дека постојат вистински опасности од неконтролирана ризична ситуација. Но, ваквата состојба не треба многу да не радува, бидејќи таа, пред се, се должи на финансиската дисциплина на клиентите и на нивната култура да ги плаќаат обврските, а не на нивната вистинска способност да го прават истото. За таа цел, како што кажав неколку пати, ни треба раст и напредок. Ни требаат инвестиции кои ќе не придвижат напред, бидејќи ваквата инертна состојба не може долго да трае. XX Кои се следните потези кои може да се очекуваат од Стопанска банка Битола? Кои нови производи и услуги може да се очекуваат? Еден од клучните нефинансиски цели во нашата стратегија е следењето на светските модерни банкарски трендови. Постојано вложување во нови технологии и опрема, кои ќе придонесат да бидеме поблиску до нашите клиенти, но и до потенцијалните клеинти. Денес, кога времето е најскапо и информациите се најважни, се преориентиравме кон модернизација на нашите производи

и услуги и нивната on-line достапност преку Интернет и преку другите електронски канали. Воведовме нови канали на известување, како што е смс информирањето, а во наредната година ќе навлеземе и во мобилното банкарство. Во делот на финансиските продукти, за жал, сите банки се горе-долу еднакви. Затоа наша клучна цел и понатаму ќе останат грижата за клиентите и брзината во работењето. Доброто управување со времето е нашата ефикасност, бидејќи потписот на секој клиент е истовремено наша обврска кон него. Нашата предност секогаш ќе биде брзината и ефикасноста во решавањето на потребите на клиентите. XX Какви се Вашите проекции за тоа како ќе работи банката и целиот банкарски систем следната година? Кои трендови може да се очекуваат? Неколку пати веќе напоменав. Не очекува тешка година, која ќе биде силен предизвик за банката. Сметам дека тоа е дополнителен мотив за целиот банкарски сектор, а не само за Стопанска банка Битола. Како и многу пати до сега

ќе докажеме дека целиот банкарски сектор е стабилен и успешен. Во тоа работење некој ќе биде помалку, некој повеќе успешен, но единствената цел на сите банки во Македонија е стабилноста на долг рок. Стопанска банка Битола, како и многу пати досега, во наредната година си постави еден предизвикувачки план. Често сакам да кажам дека е остварлив, но тешко остварлив план. Предвидовме континуиран раст во сите сегменти на работењето над проектираниот раст на банкарски сектор. Она што искрено го очекувам за наредната година е политичарите да се однесуваат исто одговорно како што се однесуваат во најмала рака банките и да ја решат политичката криза што е можно побрзо без големи потреси. Набрзо после изборите, брзо и ефикасно да се избере влада што е потребно за целата економија, но и за државата за да може непречено и брзо да започне нормалното функционирање на институциите и да се поддржи економскиот раст, што е важно за сите учесници на пазарот - банките, компаниите и граѓаните. nnn

Ефтимоски: Наша предност се ефикасноста и брзината


СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

БАНКИтЕ И БИзНИСОт

11

декември

2015

кој е кој во банкарскиот бизнис? крајот на годината е време кога секоја компанија ги сумира резултатите на својата работа – колку продала, колку заработила, колку нови пазари освоила изминатите 12 месеци... а, колкав удел во успехот на македонските бизниси имаат домашните банки, меѓу другото, ќе анализираме во специјалниот прилог “банките и бизнисот“ што ќе излезе на 11 декември годинава. Ќе направиме рангирање за тоа кој е кој во македонскиот банкарски сектор:

} кои банки одобрија најмногу кредити за фирмите? } кои банки најмногу кредитираа население? } кои банки одобрија најмногу станбени кредити? } најиновативните банки во 2015 година: какви новитети Понудија на Пазарот? } трендовите во картичното работење Во прилогот подготВуВаме и:

} интервјуа со македонски, регионални и светски банкари } Прогнози за економијата и банкарскиот сектор во 2016 година Повеќе информации во врска со прилогот и за претставување во истиот можете да добиете на е-мail: marketing@kapital.com.mk l gordana.mihajlovska@kapital.mk или на телефонскиот број ++ 389 2 3298 505

Лицe за контакт:

ГОРДАНА МИХАЈЛОВСКА


Капитал број 840 04.12.2015

24

www.kapital.mk

Луѓе и компании

како се РегуЛиРа диРектоРскиот статус во македонија

маЛкумина менаџеРи имаат “вистински“ менаџеРски договоРи менаџерски договори по западен терк имаат многу малку менаџери во земјава, велат познавачите на оваа проблематика. тоа се обично првите луѓе на компаниите со странски капитал, односно тимот на извршни директори, а пониските нивоа на менаџмент обично имаат обични договори за вработување според законот за работни односи.

Реткост: менаџеРски договоРи по западен теР


www.kapital.mk

Капитал број 840 04.12.2015

25

к

омпаниите во Македонија сè уште не можат прецизно да ја позиционираат својата менаџерска структура. таа мора да биде уредена со посебен корпоративен акт, и за правниот статус на самиот менаџер да се дефинира дали е тој согласно законот за трговски друштва или според законот за работни односи. во домашната бизнис пракса, следејќи го периодот на транзиција, најраспространет зоРан модел на менаџерски договор е со МихајловСки засновање на работен однос, со полно универзитетски професор и адвокат работно време на определен рок.

С пишува:

игор петровски

igor.petrovski@kapital.mk

Само главниот извршен директор и останатите членови од топ менаџментот на големите компании во Македонија, и тоа претежно оние со странски капитал, имаат “вистински“ менаџерски договори по западен терк, велат за Капитал познавачите на оваа проблематика. Според праксата на меѓународната бизнис сцена, наједноставно речено, менаџерскиот договор е механизам што ја условува наградата на менаџерот од успесите на компанијата, велат нашите соговорници. “Тоа е најконкретната дефиниција за менаџерски договор“, вели Горан Цивкароски, регионален консултант на Pedersen & Partners, меѓународна компанија специјализирана за т.н. “executive search”, односно потрага и регрутирање на менаџерски кадри за потребите на клиенти – компании. Менаџерскиот договор обично вклучува опции за акции (анг. stock options, н.з.) т.е. сопственост за компанијата, бонуси врзани директно со успесите и нето добивките, бенефиции како што се меѓународно здравствено осигурување за менаџерот и неговото семејство, школување на децата, животно осигурување, итн. Непишан стандард во големите корпорации е по последователни три години на определен успех на компанијата над просечниот, опционите акции да преминат во редовни, но секоја бизнис сфера си ги има своите специфики. Други елементи може да бидат и комплетна одговорност за тимот во менаџментот, вклучувајќи и избор, цената на

п

овеќето фирми со домашен капитал сè уште не стигнале до ослободувањето на сопственоста и давање на можност на менаџерите да добијат парче од тоа. Сè уште се гледа на расходите по најмување на некој вработен како трошок, наместо инвестиција и со тоа сè уште е рано да се зборува за гоРан сериозни менаџерски договори. како ЦивкаРоСки што може да забележите, повеќето регионален домашни компании на свое чело го консултант на имаат сопственикот. Pedersen & Partners

акција којашто ќе се постигне по 2-3 години од работењето, цената на продажба на компанијата ако е тоа целта на компанијата со назначувањето на тој менаџер, итн. “Но, вистински менаџерски договори се реткост во земјава“, додава Цивкароски. “Локалниот пазар за повеќето големи интернационални компании не претставува сериозна приходна ставка во нивните биланси, а тоа се пресликува во значењето што операцијата во земјава би го имала за нив. Оттаму, подготвувањето на специјални менаџерски договори на челните позиции во Македонија губи смисла. Имајте предвид дека целокупниот пазар во земјава е еднаков на еден средно мал град во Централна Европа дури. Меѓународните компании обично спроведуваат политики на еднаквост меѓу менаџерите коишто ги најмуваат, па така и покрај тоа што некој во Македонија ќе биде главен извршен директор, сепак не управува поголеми доходи од некој којшто управува помал регион во друга држава, со што позициската номенклатура е повеќе слика на локалната хиерархија отколку со вистинското значење внатре во компанијата“, објаснува Цивкароски.

правниот статус на менаџерите не е прецизно дефиниран

Праксата на странските компании во Македонија е форматот на менаџерските договори вообичаени за локалниот пазар да го прилагодуваат и за средниот менаџмент, но според, Цивкароски, тоа е повеќе инструмент со кој се постигнува статус и внатрешно задоволство на свој вработен, одошто вистински менаџерски договор. До скоро, поимот “менаџерски договор“ се користеше за договор за работа којшто е дополнителен кон стандардниот договор за работа, и на некој начин ги одделуваше менаџерите од останатите вработени во една фирма. Разликата е во бенефициите, како автомобил, бонуси и сл., коишто може да ги добие секој вработен на определено ниво, велат нашите соговорници. Македонските компании ги користеа тој модел за да ги задржат своите менаџери и привлечат нови. Професорот на УАКС, Зоран Михајлоски, исто така адвокат и поранешен судија, истакнува и еден друг момент во врска со менаџерските

Разлика помеѓу менаџерските договори на запад и во Македонија

М

енаџерските договори во англосаксонското право по форма се идентични и како писмата за намери, односно тие се доста конкретни, како резултат на суштествената смисла на мандатот на менаџерот, истакнува професорот зоран Михајлоски во својата книга “Менаџерски договори“. “во својата содржина има многу малку непотребен текст во поглед на професионалните обврски и овластувања, бидејќи тие во основа се подразбираат, затоа што се опфатени со законска регулатива или, пак, во детали се разработени со корпоративните акти на друштвото. но, затоа прецизно се дефинирани прашањата во поглед на корпоративните цели, овластувањата, обврските, роковите, основната плата, условите за остварување на награди, разни надоместоци поврзани со работата и др. Спротивно на тоа, во Македонија, содржината на структурата на повеќето менаџерски договори во најголемиот дел од текстот претставува парафразирани цитати на законски одредби или стилизирање на општи права, овластувања и одговорности на страните на договорот“, се вели во “Менаџерски договори“.

Рк иМаат Мал бРој МакедонСки диРектоРи


www.kapital.mk

Капитал број 840 04.12.2015

26

Луѓе и компании

договори, кој што според него е многу битен – а тоа е правниот статус на менаџерот. “Компаниите сè уште не можат прецизно да ја позиционираат самата менаџерска структура. Таа мора да биде уредена со посебен корпоративен акт, и за правниот статус на самиот менаџер да се дефинира дали е тој согласно Законот за трговски друштва (ЗТД) или според Законот за работни односи (ЗРО). Затоа што ако менаџментот е дефиниран согласно ЗТД, за него не важи ЗРО и колективните договори што се однесува на назначување, отпуштање, плати, надоместоци, итн.“, објаснува Михајлоски, добар познавач на оваа проблематика, кој што има издадено и книга “Менаџерски договори“. Тој тврди дека мнозинството менаџерски договори во домашните компании се всушност класични договори за вработување, според Законот за работни односи (ЗРО). “Во нашата практика, следејќи го периодот на транзиција, најраспространет модел на менаџерски договор склучен меѓу договорните страни е со засновање на работен однос, со полно работно време на определен рок. Овој модел и начин на уредување на работно - правниот однос на менаџерите во друштвата е резултат на еден вид инерција, бидејќи со текот на процесот на приватизација на општествените претпријатија, најголем број членови во органите на управување и водење на работите во друштвата се регрутирале од редот на дотогашните стопански лидери.“, вели Михајлоски.

Терминот “менаџерски договор“ не ни постои во домашната регулатива

Во пракса, објаснува Михајлоски, правно регулиран статус на менаџер според ЗТД имаат само највисоките менаџери извршниот директор и останатите членови на органот на управување на компанијата, кои што мора да бидат евидентирани и во Централниот регистар како раководни лица. Сите други менаџери на пониско ниво, во принцип се со договори за вработување, без оглед што се нарекуваат менаџери, секторски директори и сл. Менаџерскиот договор, всушност, како

(извор: KPMG)

Што обично содржи менаџерскиот договор XX корпоративни цели, овластувања, обврски, рокови XX износ на годишна плата XX услови за остварување бонуси, што во зависност од постигнатиот успех може да одат и до ниво на износ на годишната плата XX ‘stock options’ – опции за акции, односно можност за купување акции по привилегирана цена, со што на менаџерот му се дава учество во сопственоста на компанијата XX меѓународно здравствено осигурување за менаџерот и неговото семејство XX животно осигурување XX бесплатно школување за децата XX право на избор на тимот на соработници XX процент од цената на продажба на компанијата, ако тоа било целта на ангажманот на менаџерот термин во нашата регулатива и не е познат. Менаџерскиот договор по дефиниција е акт на слободна претприемачка волја на двете страни кои го склучуваат договорот, документ со кој се остварува професионалната синтеза

на моќта на парите, моќта на знаењето и моќта на партнерството. “Менаџерските договори по својата правна природа се договори на автономно право. Тој е посебен sui generis правен институт

СТаТуС: мора да Се презицира правниоТ СТаТуС на менаџероТ



www.kapital.mk

Капитал број 840 04.12.2015

28

Луѓе и компании

предвиден во Законот за трговските друштва и не е супститут на договорот за вработување. Во повеќето менаџерски договори не се квалитетно разработени и дефинирани договорните односи меѓу страните во поглед на важните статусни прашања и правата и обврските на менаџерите. Од тие причини, многу често доаѓа до оспорување на одредени нејасни и недефинирани права и обврски и остварување на своите права низ судска постапка. Според ЗТД тој е договор за уредување на односите помеѓу компанијата и извршниот директор или раководителите. Никаде во ЗТД не се спомнува поимот менаџерски договор. Но, многу е битен правниот статус на лицето што е наречено менаџер во компанијата. Па, така, вие имате менаџерски договори, именувани така, но во суштина се договори за вработување и така треба да се третираат во правната поставеност во евентуален судски спор“, вели Михајлоски.

Што кога ќе дојде до судски спор помеѓу менаџерот и компанијата?

Зошто е битно да се дефинира правниот статус на еден менаџер? Меѓу другото, затоа што во евентуален судски спор може да настане хаос, како што досега, според искуството на Михајлоски, се случувало. Во праксата има спорови што настануваат меѓу менаџерите и компаниите, и во двете насоки, односно менаџерите се тужени од компаниите за незаконско работење, нанесување штета и сл., или пак менаџерите тужат заради неисполнети обврски од договорот, итн. “Еве малку пластично да го објасниме сето ова.. Ако сте менаџер со договор согласно ЗТД, компанијата може буквално без објаснување да ви се заблагодари, не мора да ви наведе причина зошто ве разрешува. А, за тоа што ќе следи во случај на разрешување, е наведено во договорот – отпремнини, надоместоци и сл., ако е наведено во самиот договор. Сè зависи од тоа што стои во договорот. Компанијата има обврска само по основ на тоа што е во договорот, и ништо повеќе. Но, во случај, да вие сте менаџер вон принципите на ЗТД, во суштина имате склучен договор за вработување според ЗРО, тогаш сосема друга е заштитата при раскинувањето на тој договор, односно ќе важат работно -правните институти предвидени во ЗРО и колективните договори“, објаснува Михајлоски. nnn

најмногу се преговара околу пакетот за наградување

Г

о прашавме Горан Цивкароски од Pedersen & Partners, околу технологијата на подготовка на менаџерски договор – околу кои ставки обично има најмногу преговарање, “натегање“, што би се рекло. Тие како executive search компанија, го прилагодуваат целиот пакет на консултации кон клиентот кога треба да назначи кандидат избран од нив на висока менаџерска функција. иако самата консултантска компанија не го подготвува договорот во повеќето случаи, вклучени се во секој чекор на преговарање, процес којшто почнува и пред да е конкретизирано кој кандидат ќе добие понуда прв. “преговарањето е секако најмногу околу пакетот на наградување. обично се разликуваат доста условите од една во друга компанија: во претходната кандидатот добивал бенефиции како животни осигурувања за него/неа и семејството, определени специјални патни исправи во некои случаи, опциони акции итн., додека компанијата којашто сака да го привлече преферира чисти договори тесно сврзани со успехот и ние сме тие коишто треба да му помогнеме на клиентот да се пронајде равенка меѓу формата на награда којашто кандидатот ја земал претходно и наградата којашто треба да ја добие на новата работна позиција. најчесто аргументот на кандидатот е дека презема определен ризик со промена на работата и бара компензација за тоа, а аргументот на компанијата е дека не може да вети висока награда на менаџер којшто не покажал сè уште никакви резултати за нив.“, објаснува Цивкароски.



Капитал број 840 04.12.2015

30

www.kapital.mk

Агробизнис

по повеќе од еднА годинА од рАскинувАњето нА договорот со субрАтА рој

три четвртини од земјиштето во овчеполието се уште зјААт прАзни

АгриА: ќе примениме нАјсовремено и нАјпрод


www.kapital.mk

Капитал број 840 04.12.2015

31

П пишува:

дејан Азески

Dejan.azeski@kapital.mk

По повеќе од една година откако го раскина договорот со Субрата Рој, државата не успеа да најде закупци за најголем дел од плодното земјиште во Овче Поле. На објавениот оглас комплетна понуда достави единствено агроиднустријата „Агриа“ од Велес, која ќе обработува површина од 1.250 хектари. Компанијата, која е најголем производител на свинско месо во државата, на земјиштето за кое ќе плаќа годишен закуп од 108.000 евра ќе одгледува пченица, јачмен и сончоглед. Капитал во неколку наврати пишуваше и предупредуваше дека прашањето со земјиштето на Џумајлија треба да се реши што побрзо бидејќи со секој ден одложување земјоделците, а и целата држава трпат милионски загуби. Сега кога решението повторно се одложува, останува да видиме што може да се очекува од потенцијалните нови сопственици на земјиштето и секако уште еднаш да преброиме што се загубивме од авантурите на државата со Зоран Данески и секако со Субрата Рој.

велешка Агриа со максимално амбициозни планови за нивните илјада хектари

„Агриа“ од Велес за 108.585 евра го доби под закуп државното земјоделско земјиште од Џумајлија, во светиниколскиот регион, кое претходно беше дадено под закуп на Субрата Рој, која најавуваше бомбастично големи планови. Оваа компанија на електронската аукција имала доставено најповолна понуда за годишна закупнина до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Во договорот кој Агриа го потпишала со Министерството за земјоделство се обврзала да инвестира 2 милиони евра во рок од четири години. Капитал контактираше со менаџментот на Агриа кои многу транспарентно и со голем ентузијазам ги најавија нивните идни планови кои треба да придонесат не само за развојот на компанијата, туку и за подобрување на целата перспектива за македонското земјоделие. „Нашата основна идеја е да обезбедиме сопствена храна за нашата фарма. Ние сме еден од најголемите производители на месо во земјава и навистина ни е потребна наша сопствена храна. На тој начин би имале затворен производствен процес од

и по пет посни години за овчеполската житница не е најдено целосно решение за рестартирање на земјоделскоро производство. По повеќе од една година откако го раскина договорот со субрата рој, државата не успеа да најде закупци кои ќе го обработуваат најголемиот дел од плодното земјиште во овче Поле. на објавениот оглас комплетна понуда достави единствено агроиднустријата „Агриа“ од велес, која ќе обработува површина од 1.250 хектари. компанијата, која е најголем производител на свинско месо во државата, на земјиштето за кое ќе плаќа годишен закуп од 108.000 евра ќе одгледува пченица, јачмен и сончоглед. основна суровина па се до готов производ во супер маркетите. Сега сме принудени да увезуваме храна од соседна Србија“, вели Перо Колевски генерален менаџер на велешка Агриа. Според него, покрај вработување на 3040 луѓе тие планираат и најсовремен тип на полјоделско производство со рекордни приноси за македонски услови. „Сакаме да докажеме дека со соодветен професионален пристап кон земјоделското производство и во Македонија може да се постигнат приноси од 5,6 или повеќе тони по хектар, а не само 3 или 4 како што е сегашната пракса. Затоа убедени сме дека со оваа површина која ја добивме на користење и со најсовремените техники и технологии кои планираме да ги примениме навистина ќе направиме разлика и во нашето работење и во начинот на работа на целокупното земјоделско производство во Македонија“, објаснува Колевски. Колевски единствено жали што не започнале многу порано да го обработуваат ова земјиште. „Точно е дека ние цели пет години покажувавме интерес и се трудевме да дојдеме до ова земјиште. Но, прво беа проблемите со Даневски, па потоа дојде Субрата Рој и за жал на сите се изгубија

пет или шест жетви и многу, многу приходи и средства“, вели Колевски

зошто не успеа целиот тендер?

На истиот оглас за електронско јавно наддавање неуспешно беше понудено државно земјоделско земјиште за површини над три хектари. Понудено беше земјиште во четири региони и тоа во Свети Николе, Струга, Ресен и во Струмица во осум географски целини. Најголемиот дел од вкупно 4.565-те хектари, беа во Свети Николе со понудени 4.484 хектари во четири целини. Конкретно за Светиниколскиот регион (земјиште на Џумајлија) се работи за парцели распространети во 14 катастарски општини, а кои се групирани во 4 географски целини. Почетната цена на географските целини во зависност од квалитетот е од околу 90.000 евра до 102 илјади евра. Закупот на земјиштето зависи од тоа која култура ќе се одгледува и закупот може да биде од 15 до 70 години. Според комисијата, од вкупно 16 апликанти две компании имале комплетна и соодветна апликација и учествувале на електронското јавно наддавање. Според познавачите на состојбите, ова најдобро зборува дека во македонскиот земјоделски сектор на прсти се бројат

дуктивно Производство во овчеПолието


www.kapital.mk

Капитал број 840 04.12.2015

32

Агробизнис

не се гледа крајот на сагата со Џумајлија Кога се разработува целата проблематика околу Џумајлија треба да се потенцира дека со понудата на земјиштето не се разрешува целиот проблем. стечајната маса ја сочинуваат објекти, механизација и повеќе од 400 хектари лозови насади. Винаријата, управната зграда, мотелот и ресторанот што беа во сопственост на агрокомбинатот и една фарма веќе се купени од други приватни газди. засега никој не кажува што ќе биде со овој имот и кога конечно ќе се обештетат бројните доверители.

НИЕ СМЕ ВРСКАТА СО СИТЕ ДЕЛОВНИ ПОДАТОЦИ КОИ ВИ СЕ ПОТРЕБНИ

#1

ЗА БИЗНИС ИНФОРМАЦИИ

ЗА ПАМЕТНИ ДЕЛОВНИ ОДЛУКИ!

02 / 3117 100 info@targetgroup.mk www.targetgroup.mk

сериозните компании. „Во Македонија има компании кои десетина години бараа големи земјоделски парцели. Сега кога конечно се даде можност нив или никаде ги нема или не доставиле соодветна документација. Дел од нив кажуваат и дека баш во моментов не се спремни за да се занимаваат со дополнително сопствено производство. Значи уште еднаш се потврдува тезата дека во Македонија нема премногу сериозни играчи во земјоделието. Објаснувањето на ваквата состојба е веројатно едноставно. Долгогодишната п о г р е ш н а п о л и т и к а ко н земјоделието ги ослабна или целосно ги уништи моќните земјоделски компании. А што се однесува до бизнисмените од другите области тие гледајќи ја општо состојбата во овој сектор не би сакале воопшто да се замешуваат“, вели еден бизнисмен кој долго време е присутен во земјоделието. За површините од другите шест географски целини за кои немало понудувачи со комплетна и соодветна документација заедно со нови дополнителни парцели наскоро треба да биде распишан нов јавен оглас за околу 4.200 хектари. Но, многумина се песимисти дека тоа набрзо ќе се реализира. Оваа година беа објавени пет јавни огласи и 2 јавни повици каде што се понудени околу 10.000 хектари, a во подготовка

за објавување се и нови 3.500 хектари. Целта е да се даде под концесија целото земјоделско земјиште во државна сопственост. Површините на АК Џумајлија од Лозово зафаќаат значаен дел од Овче поле кое претставува втора најголема житница во Македонија. Овче Поле е котлина која што лежи во сливот на Светиниколска река (десна притока на Брегалница), се наоѓа на надморска висина од 200 до 400 м и е под влијание на континентални и медитерански климатски влијанија..Климатските услови во овој регион се доста поволни за производство на градинарски и овошни култури и тоа во делот на производство на пиперки, домати,сливи и вишни. Во овој регион значително е и производството на грозје и тоа пред се во руралните општини.

Авантурата со субрата рој не чини минимум 30 милиони евра

За да се анализира целата приказна околу Субрата Рој прво треба да се знае дека парцелата која тој ја доби на користење од повеќе од 4.500 хектари е втора по големина во Македонија веднаш зад онаа на ЗК Пелагонија. Најголемата трагедија е што ова земјиште не се обработува цели шест години. Прво заради случајот со Зоран Даневски, а потоа како континуитет трагикомичната приказна со Субрата Рој.



www.kapital.mk

Капитал број 840 04.12.2015

34

Агробизнис

Експертите се децидни дека загубите можат да се сметаат во десетици милиони евра, како и во уништување на плодноста на почвата. Според нив, толку долго земјата не била необработувана од времето на Втората Светска Војна, по што постарите жители се сеќаваат на бројни неродни години. Сепак, најдиректно засегнати од целата катастрофа се жителите од околните села распоредени околу парцелите на Џумајлија. Тие буквално се доведени на работ на егзистенција бидејќи не смеат да ги обработуваат нивите кои со децении и векови ги прехранувале, а кои се наоѓаат буквално во нивните дворови. В е н ч е А н ге л о в с к и з е м ј о д е л е ц о д Светиниколскиот регион вели дека без разлика на тоа каква била играта со Субрата Рој, населението излезе најголем губитник. „Субрата Рој ја зеде земјата на Џумајлија и таа земја шеста година по ред е пустош и воопшто не се обработува. Знаете дека Даневски како што си отиде во 2010 година, се се уништи, и оттогаш не се обработува ништо. Кога постоеше ЗИК Џумајлија сите работевме таму од секоја фамилија во општината по еден човек. Џумајлија е срцето на оваа општина. Само од ова село за Џумајлија секој ден одеа два автобуси

работници . Дири и градоначалникот на Лозово Орце Цветков со тешко срце констатира дека општината и населението во нејзе се во безизлезна состојба. “Со Даневски ни се случи многу лошо сц е н а р и о. В р а б оте ните и д ру гите индивидуални доверители се уште не се обештетени, а вкупната проценка на штетата се проценува на 15 милиони евра. За инвестицијата на Субрата Рој луѓето од мојата општина секако не беа големи оптимисти дека најавената инвестиција ќе се реализира. Во општина Лозово со 2.857 жители, има околу 500 невработени. Невработеноста

всушност е и најголемиот проблем во општината, затоа што поранешните 250 вработени од “Џумајлија“ во најголем дел сега се без работа“, вели Цветков. Грубите проценки на ескпертите се дека за една реколта од 5.000 хектари земја со добра механизација може да се обезбеди најмалку 4 илјади килограми пченица по хектар. По сегашните берзански цени на пченицата од 200 евра по тон испаѓа дека годишната загуба минимум изнесува пет милиони евра годишно. Ако тоа се помножи со целосно 3, а делумно шест необработливи години, загубата е поголема од 30 милиони евра. nnn

ФАкт: земјАтА во ЏумАјлијА е испустенА од необрАботкА


СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

МЛЕчНА ИНдуСтРИЈА

29 јануари

2016

маКедонсКиот “млечен Пат“ бизнисот со млеко и млечни производи предизвикува прилично контроверзии во домашната јавност изминативе години: субвенциите во млекопроизводството растеа, а резултатот е сè помало производство и поголем увоз. во специјалниот прилог “млечна индустрија“ што ќе излезе на 29 јануари, ќе анализираме каква ќе биде 2016 година за овој бизнис сектор и што треба да се направи за поголемо производство и извоз на млечни преработки. во прилогот ќе може да прочитате:

l анализа на Пазарот: КолКу млеКо се произведува во маКедонија, КолКу се преработува, а КолКу се увезува? l КаКва стратегија имаат домашните КомПании за “борба“ Против огромната странсКа КонКуренција... l КаКви се Прогнозите и Плановите на бизнисмените од млечната индустрија за 2016 година l Кој е Кој во млечната индустрија: најголеми играчи на пазарот l КолКав е извозот на млечни Производи и Кои Пазари се најголема шанса за домашните Производители Повеќе информации во врска со прилогот и за претставување во истиот можете да добиете на е-мail: marketing@kapital.com.mk l gordana.mihajlovska@kapital.mk или на телефонскиот број ++ 389 2 3298 505

Лицe за контакт:

ГОРдАНА МИХАЈЛОВСКА


www.kapital.mk

Капитал број 840 04.12.2015

36

Компании и пазари

Конференција "иКт во агробизнис" во организација на масит

Доаѓа време на е-земјоДелие

заеднички заклучок на сите учесници на конфренцијата е дека примената на компјутерите, иновативните технологии, електронските системи и дигиталните платформи е основа за современо, конкурентно земјоделство,. според нив: земјоделците само ако располагаат со навремени, точни информации , ќе знаат што точно да преземат и какви одлуки да донесат за поголемо производство и сигурен пласман.

Д пишува:

Дејан азески

dejan.azeski@kapital.mk

До аѓа в р еме н а е -з емјод е л с т в ото кое подразбира развој, евалуација и спроведување иновативни начини за к о р и с т е њ е И К Т (И н ф о р м а т и ч к о комуникациски технологии) во руралните

средини со фокус на земјоделството“ ова го најави претседателот на Управниот одбор на МАСИТ Стефан Плавјански на отварање на конференцијата на тема „ИКТ во Агробизнис” во организација на МАСИТ – ИКТ Стопанската комора. Заеднички заклучок на сите учесници на конфренцијата е дека примената на компјутерите, иновативните технологии, електронските системи и дигиталните платформи е основа за современо, конкурентно земјоделство. Според нив: земјоделците само ако располагаат со навремени, точни информации , ќе знаат што точно да преземат и какви одлуки да донесат за поголемо производство и сигурен пласман. Според ФАО до 2050 година во светот ќе има околу девет милијарди луѓе што ќе значи многу поголема потреба од производство на храна, а ресурсите се се помали. За надминување на ваквите предизвици, заклучија учесниците на конференцијата,

ИКТ се едно од можните решенија. МН: Фармерот е пред се претприемач Според Благоја Муканов директор за бизнис развој во Даталаб за воопшто да се разбере оваа тема прво треба да се надминат стереотипите и да се сфати дека фармерот е пред се претприемач, а дека пазарот за земјоделските производи постојано ќе се зголемува адекватно на зголемувањето на бројот на население. Поради овие два фактори според него во земјоделието примена ќе наоѓаат сите сектори, а меѓу нив и ИКТ. „Сведоци сме на се повеќе суши, вируси и слични катастрофи. Поради сето ова и поради се поограничените ресурси на обработлива земја земјоделството во иднина единствено ќе може и мора да се потпре на современите технологии. Ние од ИКТ секторот ќе мора да помогне во областа како намалување на трошоците и подигање на додадената вредност во овој сектор. Но покрај ова ИКТ наоѓа примена во сите дванаесет фази од

земјоДелие: неограничен и неисКористен пазар за иКт


www.kapital.mk

Капитал број 840 04.12.2015

37

И

СТЕфАН ПлАВјАНСКИ

претседател на Управниот одбор на МАСИТ

Д

оаѓа време на е-земјодел-ството кое подразбира развој, евалуација и спроведување иновативни начини за користење ИКТ (Информатичкокомуникациски технологии) во руралните средини со фокус на земјоделството. земјоделското производство, преработка и продажба. Секако тоа не може да се направи со голи софтверски решенија како што сме научени досега, туку треба пред фармерите да излеземе со практично применлив производ како комбинација од повеќе технологии“ Според Муканов за ова да се реализира не е доволна иницијатива само од приватниот сектор туку соработка со државата по принципот на јавно приватно партнерство. Според него најголем доказ дека примената на ИКТ во земјоделието има перспектива е фактот дека процентот на користење на ИКТ кај младите фармери е се поголем.

Како конкретно може ИКТ да помогне во земјоделието

Според многумина ваквите заложби и навестувања се само гола теорија која е многу тешко применлива во пракса. Затоа на конференцијата на МАСИТ беа изложени и најконкретни примери на примена на ИКТ во примарното производство. Еден таков пример изложи Домагок Симетски од Телеком Австрија. „Ние преку нашиот проект М2М (Machine to machine) кој e дел од новата ера на Internet of things успеавме да докажеме дека развојот на едно лозје може во најголем дел да се контролира далечински. Поставивме сензори за проверка на влажноста, ПХ вредноста, присутноста на потребните состојки и слично. Потоа тие податоци ги поврзавме со системите за наводнување кои врз база

МАрТА АрСоВСКА ТоМоВСКА Министер за информатичко општество

на овие податоци дозирано го потхрануваат лозјето и добивме одлични резултати.“ Според Симетски ваквиот начин на работа крати време, трошоци и енергија и отвора безбројни нови перспективи. Веројатно идеите на Симетски и Телеком Австрија најмногу ќе добијат на цена ако се знае дека очекувањата на глобално ниво се до 2020, 12 милијарди апарати да бидат приклучени на интернет што значи и взаемно поврзани. Земјоделството секако не може да е исклучок од нив. Сепак луѓето најдиректно инволвирани во овој сектор, велат дека за да дојде до масовна примена на ИКТ во земјоделието потребно е да се исполнат многу други предуслови.... Д и р е к то р о т н а а со ц и ј а ц и ј а та н а преработувачи на овошје и зеленчук Сашо Ристовски е дециден дека за примена на вакви решенија земјава мора да има стандардизирано производство. „На пазарот се уште се нудат општи , а не наменски софтверски решенија. Во такви услови кога од другата страна имате одгледувачи на 60 различни сорти на домати, навистина е тешко тие софтвери да функционираат. Значи прво е неопходно да се стандардизира производството на неколку сорти, а потоа да се понудат софтвери кои ќе се стрикно наменети за конкретна компанија и за конкретно производство. Е сега тоа секако ќе е многу поскапо, затоа треба да се најде модус со помош на институциите како би можело да се исфинасира“ nnn

зборот на ИКТ во земјоделството нема граници.Безжичните технологии за подобра комуникација, поставувањето сензори во почвата за следење на нејзината состојба, дроновите за снимање на обработливите површини, автоматизираното млекопроизводство, стекнувањето знаења он-лаин, електронскиот маркетинг и продажба,…, се само некои од можните решенија.

Времето на ИКТ во земјоделието допрва доаѓа?

Д

ека иднината на земјоделието е во соработката на ИКТ, најилустративно ни објасни Андреј Мертељ- извршен директор на Даталаб. Според него агробизнисот можеби е на почеток на примена на агроиформатиката но дека тоа не значи дека работите многу побрзо од очекувано можат драстично да се променат. „Така беше и со матичната информатика додека не се појавија ИБМ и Мајкрософт. Значи ние полека се развиваме додека не се појави агроинформатичкиот Мајкрософт . За форсирање на тој развој има повеќе начин. На пример некои земји измислија агроинформатички ваучер кој им се дава на земјоделците да го искористат за автоматизација на фармата. Едноставно ни треба поголема промоција на овие работи. Бидејќи фармерот традиционално го прави она што го гледа кај комшијата“


www.kapital.mk

Капитал број 840 4.12.2015

38

Балкан Бизнис

Не сум типичен капиталист, туку по убедување сум социјалист. Сметам дека должност на секој човек кој води компанија е да ја направи онаква во каква би сакал да работи неговото дете. Утре, кога сите претпријатија во Србија би биле како нашето, мене би ми било неважно каде мојата ќерка ќе работи.

неБојша Матиќ

сопственик на "МикРоелектРоника"

пРеку доБРа РаБотна филозофија дојде до успех:

РаБотното вРеМе не е најважно, најважно е да ја завРшиш РаБотата на вРеМе!

н

Не е типичен српски бизнисмен. Не се жали ниту на државата, ниту, пак, на работниците. Не можел да бира каде ќе се роди, но во средината во која живее, успеа да покрене сериозен бизнис, од кој денес живеат неговото и уште околу 70 други семејства. Со диплома од Електротехничкиот факултет, тој почна од гражата на својот татко во Лајковец, а стигна до модерна зграда во Земун. Од

друга страна, работниците сам ги бирал и на нив нема ама баш никаква забелешка. Небојша Матиќ (46) е сопственик на фирмата „Микроелектроника“ која се занимава со развојни системи и компајлери. И едното и другото се алати за микрокотролери. Тоа е мозокот на секој уред. Тоа е она мало црно, чија функција зависи од тоа како сте го програмирале – објаснува нашиот домаќин. „Тој дел може да биде употребен и во клима – уредите, и во камерите и во мобилните телефони. Сакам да кажам дека всушност ние им продаваме време на инженерите. Производите ги продаваме во 130 држави, а соработуваме со 56 дистрибутери. Зградата во Земун е многу важна за оваа фирма. Таа не само што сведочи за развојот и напредокот, туку и за необичното постапување на сопственикот. Позади машините за склопување на компонентите и нивно лемење, кои се последен дострел

во технологијата денес не стојат само инженерите, туку и еден гипсар. Осуммина мајстори кои ја градеа фабриката добија работа. Тие ја искористија својата шанса. Ако ти си добар гипсар, нема што не знаеш да работиш. Но, ако си инженер, не мора да значи дека ќе бидеш добар со машините – смета Матиќ. „Мене овде ми требаат среќни луѓе. За да проценам дали некој е добар за нашата компанија, зборувам со нив до бесвест“, вели тој. Матиќ овие денови прави селекција за нови кандидати за работа. До крајот на годината, ќе вработи околу 30 нови работници. Тој ни ги покажува биографиите на еден од потенцијалните соработници. Го откуцал својот живот на три страни, ставил слика од фамилијата, пријателите, куќниот миленик ... Оваа биографија вели Матиќ, многу зборува за кандидатот.

неБојша Матиќ: не суМ типичен капиталис


www.kapital.mk

Капитал број 840 4.12.2015

39 Дека односите во оваа компанија не се строго формални, на секој чекор сведочат и насмевките и постапките на вработените. Опуштена атмосфера, ресторан, сала за состаноци, а најмногу теретаната и просторот за пингпонг даваат впечаток на место на кои вработените секое утро доаѓаат без главоболка.

„Сакам кога ќе видам дека човекот, нешто го движи во животот. Дека има мотив да работи и создава“- вели нашиот домаќин. „Бараме добро воспитан и карактерен човек. Кој ќе работи одговорно, без оглед на се. Кај нас работното време не е важно, важно е да ја завршиш својата работа на време. И да го дадеш својот максимум. Им дозволуваме на луѓето дополнително да се образуваат во областа во која не стигнале. Мораш да ги пуштиш луѓето да се развиваат. Сите ние сме како лалиња, затворени , додека не се создадат услови да „расцутиме. Во 99% од случаите сам човек подобро се развива, отколку постојано да го насочиме. Човек кој со години работеше во печатница, стана врвен програмер. Тој ги читаше книгите кои ги објавувавме и од нив научи „занает. Во еден момент сфатив дека тој доволно ја совлада оваа тема и дека ќе ни биде од голема корист“. Матиќ го истакнува и посебното правило кое се почитува во неговиот тим. „Никој не може да остане во компанијата, ако не го прифатат колегите со кои би требало да работи. Тие проценуваат кој ќе придонесе нивниот заеднички резултат да биде подобар. Од друга страна, ни директорот не може да даде отказ на некој кој колегите го сметаат за добра алка во производниот синџир“. „Не сум типичен капиталист, туку по убедување сум социјалист“ низ широка насмевка зборува Матиќ за Новости. „Сметам дека должност на секој човек кој води компанија е да ја направи онаква во каква би сакал да работи неговото дете. Утре, кога сите претпријатија во Србија би биле како нашето, мене би ми било неважно каде мојата ќерка ќе работи. Работникот

"Мене овде ми требаат среќни луѓе. За да проценам дали некој е добар за нашата компанија, зборувам со нив до бесвест“, вели Матиќ "Сакам кога ќе видам дека човекот, нешто го движи во животот. Дека има мотив да работи и создава“

има големо значење за компанијата, бидејќи и тоа како тој изгледа и колку сметка води за себе, има влијание на крајниот производ“. Дека односите во оваа компанија не се строго формални, на секој чекор сведочат и насмевките и постапките на вработените. Опуштена атмосфера, ресторан, сала за состаноци, а најмногу теретаната и просторот за пинг-понг даваат впечаток на место на кои вработените секое утро доаѓаат без главоболка. Не за да одработат уште еден работен ден, туку за да придонесат нивната заедничка работа да се изврши на најдобар начин. „Не ми е целта да умреш работејќи денеска. Не треба да се скршиш од работа. Ќе работиш и утре и наредните пет и десет години“, ја објаснува Матиќ својата бизнис филозофија. „Нам не ни треба бистар и паметен човек чиј резултат од работата не може да се продаде. Нека бидеме и глупави, но да знаеме дека сме го продале она што сме го створиле. Кога некој би ни платил, би направиле и Спејс Шатл. Не сме подготвени за тоа, но би научиле и тоа да го направиме. Многу ги почитувам овие луѓе, бидејќи сум свесен колку секој од нив е значаен за компанијата“. Просечната плата во Микроелектроника е околу 600 евра. Матиќ се надева дека следната година, кога ќе исплати уште неколку рати од кредитот за нови машини, ќе има простор и за зголемувања. Она што е за повеќето работници во Србија само сон, 13-тата плата, овде е редовна појава. Овој работодавач, за разлика од другите кои веќе во разговорот за вработување ги одбиваат

Небојша Матиќ не е типичен српски бизнисмен. Не се жали ниту на државата, ниту, пак, на работниците. Не можел да бира каде ќе се роди, но во средината во која живее, успеа да покрене сериозен бизнис, од кој денес живеат неговото и уште околу 70 други семејства. Со диплома од Електротехничкиот факултет, тој почна од гражата на својот татко во Лајковец, а стигна до модерна зграда во Земун во која се произведуваат развојни системи.

оние кои планираат да формираат семејство, поддржува и поттикнува проширување на семејствата на вработените. Ветил дека на секој работник кој ќе добие трето бебе ќе му дава по 200 евра месечно, а по 400 евра за секоја четврта принова. Досега оваа привилегија никој не ја искористил. Но, единствената причина за тоа е што тимот е уште млад. Моментално повеќето соработници „лулаат“ меѓу една и две колевки. „Големо прашање е како некој да се мотивира ако не му треба ништо? Ако живее кај мама и тато, добива 50-60 евра џепарлак, има обезбедена храна“, вели Матиќ. „Тој нема мотив да работи. Затоа јас моите (вработени) ги „мачам“ да создаваат семејства. Кога ќе се венчаат доаѓа едно, па, второ дете. Така се станува човек“. Матиќ се гордее со својата компанија и со работниците, но подеднакво е горд и поради своите хобија. Покажува тукушто врамена фотографија од насловна страна на риболовен магазин, на која е сликан со трофеј. Времето поминато на риболов е најкорисно за размислување - тврди сопственикот на Микроелектроника. „Пасиониран риболовец сум. Приказната за риболовот е приказна за карактерот. Рибата „работи“ и во декември, но тогаш нема риболовци на Колубара. Јас сум скоро единствен кој во тоа време лови и ноќе. Зошто? Па, на другите им е студено. Е, кога ќе биде гужва на Колубара во 10 навечер во декември, тогаш на Србија ќе и биде подобро. Ни недостасува страст во работата и во животот“. nnn

ст, туку по убедување суМ социјалист


www.kapital.mk

Капитал број 840 04.12.2015

40

ПретПриемништво

КаКо државите од источна евроПа ги Помагаат стартаПите?

да се има здраво ниво на претприемништво во една земја е одлична работа за секоја влада. ако не за друго, тогаш барем заради тоа дека може да биде значителен извор на приходи. но, за да можеш да береш плодови, прво треба да засееш. или ако оваа изрека се однесува на владите, тогаш мораш да им помогнеш на оние кои имаат желба да основаат фирма да успеат да изградат бизнис кои ќе прави приходи и ќе може да плаќа даноци. еве како земјите од источна европа ги поддржуваат стартапите и малите бизниси.

в

Во земјите со развиена инфраструктура на венчр фондови, помошта од бизнис ангелите и приватните венчр фондови може да биде сосема доволна за поддршка на стартапите, во земјите во развој, кои немаат развено ваква инфраструктура, поддршката од владите може да одигра многу голема улога.

Во продолжение се примери како владите во земјите од Источна Европа ги поддржуваат претприемачите и основачите на стартапи и кои се нивните напори кои ги прават со цел да останат атрактивни како бизнис дестинации.

Балтичките земји

Една од светски најпознатите стартап нации Естонија има поставено прилично комплексен пристап кон нејзината инфраструктура за поддршка на претприемништвото. Родното место на многу познатите технолошки компании како Skype, Transfer wise и Grab Cad, Естонија креираше навистина плодна почва на која стартапите може брзо и лесно да растат. Во Естонија постои само еден фонд за финансирање на стартапи кој е поддржан од државата Arengufund, кој неодамна се пренасочи

од директни инвестиции кон стартапи за да работи како фонд на фондовите заедно со венчр фондовите. Во декември 2013 година естонската влада се обврза да стави 60 милиони евра во новиот фонд за стартапи. Исто така, во Естонија постои и специјална стартап државна субвенција, што уште повеќе го олеснува основањето на нов бизнис. Големината на субвенцијата зависи од неколку услови и може да достигне до околу 4.500 евра. Дополнително, Естонија привлекува стартапи и со својата брза и ефикасна администрација. Регистрирањето на фирма во Естонија одзема неколку минути за локален жител или неколку дена за странец, додека даночниот систем на Естонија е еден од најлибералните во светот. Во Латвија, пак, има формирано владино тело Агенција за инвестиции и развој

источна евроПа: ПоддршКата од владите игр


www.kapital.mk

Капитал број 840 04.12.2015

41

на Латвија, чија цел е да ги поттикнува малите бизниси и да обезбеди раст на потенцијалните бизниси. Државата се чини дека е многу заинтересирана за поддршка на малите бизнис, без да прави притоа разлика дали станува збор за стартапи од технолошкиот сектор или од другите дејности. Владата на Латвија има воведено неколку грантови кои покриваат до 50% од трошоците за основање на нова фирма, како на пример заштита на интелектуалната сопственост, маркетинг, активности во истражување и развој...Исто така, постојат и субвенционирани кредити и гаранции за заеми, како и неколку венчр фондови, од кои најголемиот дел се повторно кофинансирани од државата. Се на се, Латвија се чини инвестира огромни пари во изградба на својот претприемачки еко систем, без да посветува посебно внимание на технолошкиот сектор. Латвија е земјата која им нуди најголеми суми за директна поддршка на стартапите во споредба со останатите Балтички земји, кои повеќе преферираат индиректна поддршка. Литванија не им нуди на стартапите особено голема директна поддршка. Како и да е има неколку венчр капитал фондови кои работат во рамки на ЕУ иницијативата JEREMIE (Joint European Resources for Micro to

Medium Enterprises). Вкупната сума на пари контролирана од страна на овие фондови околу 100 милиони евра. Исто така во Литванија постои и посебен фонд Балтички Иновативен Фонд со околу 100 милиони евра, кој е управуван и кофинансирам од страна на владите на Балтичките земји и Европскиот инвестициски фонд. Во последно време Литванија почна да привлекува стартапи за развивање на игри. И секако Литванија е исто така добра како и другите Балтички земји кога станува збор за едноставноста во основањето на нови бизниси.

Централна Европа

Во Чешка, која е дом за неколку интернационални старт –апи и поголеми компании како Socialbakers, AVG, и Avast, владата, изненадувачки не изгледа многу посветена да им понуди поддршка на претприемачите. Не постои значајна грант програма или фондови, иако чешката држава беше ко- основач на Technpark Pardubice, кој прогласи банкрот пред една година. Стартапите во Унгарија, како и во Литванија и другите ЕУ земји, имаат голем бенефит од програмата JEREMIE, согласно која околу 128 милиони евра се инвестирани во локалните мали и средни претпријатија. Вториот дел од програмата би требало да донесе дополнителни 145 милиони евра да

ги поддршки претприемачите аспиранти во земјата. Но, кога станува збор за локалната влада во главниот град на Унгарија, основан е економски концепт наречен Runway Budapest – Start-up Credo 2.0.2.0, кој се состои од различни мерки на директна и индиректна помош за старт апите. Програмата има високо поставени цели, и во неа се вели дека целта е „да ја претворат Будимпешта во главен старт- ап центар во Централна и Источна Европа до крајот на оваа декада“. Во Полска, поддршката за претприемачите од ИТ сферата доаѓаат најмногу од The Polish Agency for Enterprise Development (PARP), со вкупен буџет од 7 милијарди евра предвидени за периодот 20072013 година. Парите доаѓаат од ЕУ фондовите и се употребуваат за различни иницијативи, преку доделување грантови за претприемачите до финансирање на повеќе од 40 бизнис инкубатори. Исто така постои истражување кое потврдува дека полските стратапи се најмногу финансирани од програмите на ЕУ, а не од локалните власти. Истражувањето потенцира дека до 2008 до 2013 година Фондот за Европски регионален развој има инвестирано 786.5 милиони евра во 5.938 полски проекти. Владата на Словачка исто така беше активна во последните неколку години и направи неколку напори за да го поддржи и развие старт- ап екосистемот во земјата. Постои фонд кој е формиран од државата, потоа Фонд за иновации и технологии, како и два фонда финансирани од ЕУ JEREMIE иницијативата. Дополнително, секои шест месеци, се избираат четирите најдобри стартапи и се испраќаат во Силиконската долина на сметка на државата, како дел од Програмата Словачки старт- ап развој (Slovak Start-up Development Program). Словенија, земја од 2 милиони луѓе и една од земјите со највисоки даночни стапки, успеа да развие достојна старт- ап заедница во последните неколку година. Локалните претприемачи за тоа не и даваат кредит на владата, иако постојат државни грантови од

ра голЕма улога во поддршка на стартапИтЕ


Капитал број 840 04.12.2015

42

www.kapital.mk

ПретПриемништво

72.000 евра и шема за поврзување, на која Словенија потроши 35 милиони евра во 2011. Исто така, постојат одредени програми од ЕУ кои и се достапни на оваа земја, иако стартапите овде сами се финансираат, а целата инфраструктура се чини е изградена од ентузијасти и од самите претприемачи.

Поранешните советски земји

Во Европскиот дел на земјите настанати по распадот на Советскиот совет, владите постојано декларираат целосна поддршка за малите бизниси и старт- апи, а во некои случаи тие и навистина прават напори за тоа, но таа не секогаш е доволна.

Во Белорусија, постои еден начин преку кој владата директно може да им помогне на стартапите со финансирање, но само ако стартапите заемот го направат во Белоруската банка. Но дури и во овој случај, стартапите добиваат многу малку вистински пари кои се потребни делумно за плаќање на заемот. Од друга страна, Белорусија го има поддржаниот од владата High Tech Park,место каде компаниите се ослободени од сите корпоративни давачки но плаќаат еден процент од нивниот обрт за да се одржи овој парк. Вработените кои работат во компаниите кои се наоѓаат таму, имаат намален данок на приход на рамна стапка од 9%, што е добра мотивација да се работи за ИТ стартап (инаку данокот на приход во нормални услови е 12%) Меѓу компаниите кои се наоѓаат во овој парк се компаниите за развој на игри како Wargaming.Net (“World of Tanks”) и Nival (“Prime World”, “Blitzkrieg”). Дополнително, во моментот белоруската влада размислува за идеа да започне да им ги враќа на организаторите на старт ап настаните дури до 50% од трошоците кои ги прават. Единствениот знак на поддршка што може да се најде во Молдавија а кој се прави од страна на владата е владиниот документ за развој на ИТ индустријата, кој беше објавен на почетокот од 2013 година. Во него се вели дека четири инкубатори и три „иновативни центри“ би требало да се отворат, но до денес нема траги од исполнување на овие ветувања. Русија, најголемата земја од овој регион, има посилно и пошироко учество на владата во старт- ап заедницата. Најголемиот игран на терен е RVC, државен фонд лансиран во 2006 година за да се „охрабри оваа индустрија во Русија и да се засили капиталот во VC фондови“. Фондот располага со 832 милиони долари. Друга, наводно државно поддржан фонд е Фондот за развој на интернет иницијативи. Тој е лансиран во 2013 година, а неговата мисија е да креира мрежа на акцелатори и да инвестира вкупно 148 милини долари во руските старт- апи за три години. Парите во овој фонд доаѓаат од неименувани приватни компании, но локалните медиуми велат дека компаниите се присилени да го прават тоа од самиот Владимир Путин. Дополнително, овој план за лансирање на овој фонд по прв пат беше најавен од Путин во 2012 година. Инаку, има уште многу други помали и локални државни иницијативи во Русија кои би требало да им помогнат на стартапите да застанат на свои нозе, а постојат и неколку други технолошки паркови меѓу кои Skolkovo е најголемиот и најпознатиот од нив. Во Украина, развојот на старт- ап инфраструктурата најмногу е водена од неколку ентузијасти и приватни VC фондови, додека владата засега дава само ветувања. Имено, постоеја планови во 2012 година да биде лансиран фонд во сопственост на државата од 10 милиони долари, но тој никогаш не беше лансиран. Друг план како национален проект е “Technopolis” кој има за цел да „креира инфраструктура за иновации и висока технологија“. Единствената физичка манифестација од овој фонд е Bionic Hill technopark кој сега е изграден надвор од Киев. За несреќа, очигледно е дека владата на Украина има многу поургентни работи за кои треба да води сметка, што веројатно значи дека во блиска иднина стартапите и фондовите ќе се потпираат само на себе – исто како што правеа и досега.


Рок за пРијавување: 9 ДеКември 2015

ЕдноднЕвЕн сЕминар на тЕма:

НадмиНување На проблемите и остварување На правото На жалба при спроведување На постапките за приватизација На градежНо земјиште во државНа сопствеНост l 11 декември 2015 година (петок) l 10:00-16:00 часот l во просториите на институт Концепт, скопје обуката се организира со цел физичките и правните лица да ги надминат проблемите при остварување на правото за приватизација на градежно земјиште согласно со Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост. обуката ќе ги опфати сите фази на постапката за приватизација, од моментот на поднесување на барањето, изведување на доказите во текот на постапката, условите за остварување на правото на приватизација, со или без надомест, како и постапката по жалба пред државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.

за кого е НамеНета обуката:

трговски друштва, здруженија на граѓани и фондации, заедници на станари на колективни станбени згради, вработени во министерство за финансии - Управа за имотно-правни работи (подрачни одделенија), агенција за катастар на недвижности, државно правобранителство, физички лица, правни лица и др.

предавачи: васка каНтурска-балевска марија петрова-блажевска

КОНТАКТ: м-р Ленче Зикова и м-р Бојана Делидинкова l e-mail: institut@koncept.com.mk l 02 3216 962


www.kapital.mk

Капитал број 840 04.12.2015

44

ПретПриемништво

Југоисточна европа

Ситуацијата со инволвираноста на државата во градењето на инфраструктурата за стартапи е прилично различна во земјите на Југоисточна Европа. Постои регионална иницијатива Western Balkan Investment Framework (WBIF) која е формирана со цел да биде еден вид регионален венчр фонд кој управува со 40 милиони за поддршка на локални стартап компании. Во Хрватска и Србија ситуацијата е нешто подобра во споредба со другите земји. Властите во двете земји го имаат декларирано нивниот интерес да ги поддржуваат стартапите, особено во областа на технологијата. Хрватската влада од 2012 година ја има основано програмата Претприемачки импулс, кој главно се состои од поедноставување на процедурите за основање на бизнис, изземање на стартапи и мали фирми од обврската за плаќање ДДВ, како и нивна финансиска поддршка. Во Србија, државата има почнато Програма за поддршка на ИТ индустријата. Помеѓу иницијативите во рамки на оваа програма се здружено финансирање со приватни инвеститори (до 25 илјади евра), основање на државно финансирани инкубатори и технолошки паркови, даночни ослободувања...

Во Романија постојат најмалку две владини програми за поддршка на малите бизниси, без посебен акцент на ИТ фирмите. Бугарија може да се пофали со една од најниските стапки на данок на добивка во регионот со рамен данок од 10%. Дополнително, во Бугарија работат два стартап акцелератори LauncHub и Eleven, кои се финансирани од фондови од ЕУ кои управуваат со 21 милион евра за поддршка на новоосновани бизниси. Крајниот заклучок е дека во повеќето земји

од Источна Европа се гледа еден тренд на промена од земји кои порано беа само аутсорсинг дестинации во земји на стартапи и претприемачки нации и полека стануваа важни иновациски точки. Нивото на поддршка од држава до држава се разликува. Но, како и да е, речиси сите покажуваат волја да го развиваат претприемачкиот и стартап дух. И ова во најмала рака е одлично, барем за почеток. (текстот е превземен од The Next Web)


Рок за пРијавување: 7 деКемврИ 2015

ЕдноднЕвЕн сЕминар на тЕма:

ОбрабОтка на специфичнОсти Од ЗакОнОт За рабОтни ОднОси (елементи на дОгОвОр, престанување на важнОст на дОгОвОр За врабОтување, вметнување на кОнкурентска клауЗула) и менаџерски дОгОвОри l 9 декември 2015 година (среда) l 10:00-16:00 часот l во просториите на институт Концепт, скопје обуката се организира со цел обработка на специфичностите на Законот за работните односи на република македонија. Посебен осврт ќе има на договорите за вработување (елементи, форма, содржина, склучување и престанок на договорите). Посебно ќе бидат покриени и клаузилите за забрана на конкурентско дејствување.

предавачи: санде ЗикОв ЗОран михајлОвски

обуката ќе ги опфати и аспектите на одговорноста на менаџерите, правејќи јасна дистинкција помеѓу различните видови на одговорност на органите на управување и надзор.

За кОгО е наменета Обуката:

обуката првенствено е наменета за менаџерите од сите ешалони во компаниите, раководители на правни сектори и сектори за човечки ресурси на трговските друштва, лица вработени во посочените и други сектори и одделенија во трговските друштва, адвокати, како и за сите оние кои пројавуваат професионален интерес за предметната проблематика.

КОНТАКТ: м-р Ленче Зикова и м-р Ирена Богоевска l e-mail: institut@koncept.com.mk l 02 3216 962


www.kapital.mk

Капитал број 840 04.12.2015

46

LIFESTYLE

УСПЕШНА ДОНАТОРСКА ВЕЧЕР НА РОТАРИ КЛУБОТ СКОПЈЕ ЗАПАД

ГЛАГОЛИЦАТА:

СПОДЕЛЕНО КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО

Н

На 27 ноември 2015 година во галерискиот простор на МАНУ се одржа донаторски настан ОТВОРЕНО СО РОТАРИ КЛУБОТ СКОПЈЕ ЗАПА Д – ГЛАГОЛИЦАТА: СПОДЕЛЕНО КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО. Во рамките на своите стратешки приоритети во коишто значајно место зазема негувањето на македонското материјално

и духовно културно наследство, еден од најмладите Ротари клубови во Македонија се определи да помогне во враќањето на меморијата за словенската писменост, во промовирањето на првото словенско писмо и во поддршката на новите врвни уметнички креации инспирирани од него. Во присуство на бројни значајни гости, амбасадори и претставници на амбасадите, вечерта беше обележана со аукциска продажба на графичката Мапа на македонската глаголица изработена од сликарите и универзитетски професори д-р Трајче Блажевски и д-р Фехим Хусковиќ. Во (комбинирана) графичка техника и линорез во боја тие создадоа 35 творби, на коишто е претставена македонската (претежно обла) глаголица, за прв пат по 1150 години од нејзиното кодифицирање и осветување. Буквите, словата од глаголичкото писмо

доминираат во сликарската композиција а нивните специфики се вклопени во амбиент означен со знаци од македонската флора, фауна и декоративна симболика. По повод продажбата во добротворна цел, а како дел од богатството на македонското уметничко занаетчиство, глаголичките букви послужија како мотив и инспирација за изработка на филигрански ракотворби од Марија Темова и Ана Фидановска. „Уште во IX век, јазикот и писмото на славјанските народи биле признати и осветени од папата во Ватикан, како легитимни и достојни за препев на Светите Писма, за книжевно творештво, за ликовни илуминации на текстовите, за медитација и духовно созревање. Глаголицата нè потсетува дека духовното културно и јазично наследство, кое е споделена културна повест, не познаваат граници, ни државни, ни политички...

ГЛАГОЛИЦАТА: ЦИВИЛИЗАЦИСКИ ПОТПИС НА СЛ


www.kapital.mk

Капитал број 840 04.12.2015

47  

 Дел од атмосферата на аукциска продажба на графичката Мапа на македонската глаголица Ротари клубот Скопје Запад финансиски го поддржа и печатењето на книгата Македонската глаголица приредена од акад. Ѓорѓи Поп-Атанасов во издание на МАНУ Горан Цивкароски, претседател и Катица Ќулавкова, член на Ротари клубот Скопје Запад

Во рамките на своите стратешки приоритети во коишто значајно место зазема негувањето на македонското материјално и духовно културно наследство, еден од најмладите Ротари клубови во Македонија се определи да помогне во враќањето на меморијата за словенската писменост, во промовирањето на првото словенско писмо и во поддршката на новите врвни уметнички креации инспирирани од него. Глаголицата е цивилизациски потпис на словенството, но и на Европа. Иако врз единствена концептуална основа, глаголичката писменост доживеала неколку препознатливи варијанти со свои специфични техно-поетички обележја, што денес науката ги идентификува како босанска, бугарска, македонска и хрватска“ – истакна академик Катица Ќулавкова, член на Ротари клубот Скопје Запад. Глаголицата како цивилизациска потреба на словенските народи била создадена со намера да го запише најдлабокото човечко чувство, да послужи како начин за разбирање на самиот себе и на другиот. Создавањето

свое автохтоно писмо е уникатен, оригинален цивилизациски момент, начин да се запише многу повеќе од кажаното, да се преточи преку глаголењето/ зборувањето и она што може е искажано преку слика. Оттука, глаголичкото писмо станува една од главните поврзувачки алки за народите кои го зборувале словенскиот јазик, земјите каде што Светите браќа Кирил и Методија ја извршиле својата Моравска мисија (на подрачјето на современа Словачка). Согледувајќи ја како заедничка, споделена и запишана ’жива трага’ на некогашното постоење, Ротари клубот Скопје Запад

ЛОВЕНСТВОТО, НО И НА ЕВРОПА

ја гледа глаголицата како поттик за свесноста кон повторно заживување на помалку заборавената истоветност на народите од јужна, источна и централна Европа, истовремено ставајќи акцент на припадноста, пред сè, кон европската и светската мапа на цивилизациски придобивки. Ротари клубот Скопје Запад финансиски го поддржа и печатењето на книгата Македонската глаголица приредена од акад. Ѓорѓи Поп-Атанасов во издание на МАНУ, според поставеноста на своите приоритетни правци на делување, визија која е посветена на глобалната поставеност на Ротари заедницата во барањето на Вистината и хуманоста, бидувајќи праведен кон сите, додека се гради добра волја и силни пријателства од коишто сите вклучени имаат добробит.




www.kapital.mk

Капитал број 840 04.12.2015

48

бизнис и технологија

Notify ќе ве извести во реално време за вестите што ви значат

Што добиваат, а што губат медиумите од партнерството со Facebook?

З

а да привлече уште повеќе корисници, односно, за што подолго да ги задржи во својот систем/платформа, Fa ce b o o k д е н о в и в е ј а лансираше аплика-цијата Notify, засега достапна само во САД, и само на iOS. Апликацијата им овозможува на корисниците селекција на содржини објавени од (засега) 70 издавачи на медиуми, и прилагодување на известувањата (alerts) од нив, така што да им бидат испраќани само за вести/содржини на одредени теми, за одредени компании, за спортски екипи ... По ваквото прилагодување корисникот добива инстант (push) известувања за секоја вест/содржина, кои се прикажуваат во Notify во наредните 24 часа, од каде може да бидат „кликнати“ за читање преку асоцираниот линк. „Целта е луѓето да креираат микс од она што е за нив важно. Навистина сакавме да изградиме платформа доволно отворена за луѓето да можат да се најдат во неа“, вели продукт менаџерот на Notify, Џулијан Гатмен. Меѓу седумдесетте медиуми чии инстант известувања може да ги добиваат корисниците на Notify се The New York Times, CNN, Huffington Post, Vanity Fair, Fox Sports, Comedy Central, Fandango, The Weather Channel. Повеќето од овие медиуми нудат и општа новинска станица (general news station), како и таква што подразбира опција да се следат само специфични теми. Издавачите користат специјален интерфејс за да го напишат текстот на известувањето што корисниците го добиваат со Notify, за да го селектираат линкот што води до веста/содржината, и потоа да ги објават или временски да ги распоредат (schedule) нивните известувања. Известувањата се појавуваат (и) на заклучениот екран на телефонот, и од линкот до кој водат корисникот може да ја прочита веста или тоа да го одложи за подоцна. Секако, може и да „шерува“. За медиумите, Notify е начин да праќаат push известувања (да стигнуваат до публиката на Facebook чија база на корисници надминува 1,5 милијарди) без да создаваат и да се мачат да популаризираат сопствени апликации. Во идеални услови, шансата за нив е да си ја зголемат публиката и да ја продлабочат врската со оние корисници кои би им станале фанови благодарение

Медиумите во интернет ерата очекувано каскаат зад типично технолошките компании. Facebook деновиве им излезе во пресрет и со новата апликација Notify, на корисниците им понуди прегледно, брзо, и што е најважно, целосно прилагодено на нивните интереси/вкус искуство на консумирање вести (од засега 70 медиуми). Но, Facebook со Notify корисниците ги задржува во својот „екосистем“, а ризикот за медиумите е што таму климата е наштелувана за првенствено да и врши работа на најпознатата социјална мрежа на евентуалните (доволно чести) содржини што ќе ги погодат „во нерв“. Но, како и во случајот на Instant Articles (news сервисот на Facebook), ризикот е дека корисниците нема да се враќаат/остануваат на страницата на конкретен медиум, каде тој заработува. Ако Notify не испорача доволно посети медиумот може да одлучи да престане да троши ресурси за продуцирање известувања на платформата. Најпознатата социјална мрежа јасно е дека игра на каратата оти многу медиумски компании се чини немаат време/ресурси/ know-how, за да развијат и имплементираат мобилни страници што брзо ќе се вчитуваат и лесно ќе се прегледуваат/читаат. Затоа се подготвени да му дозволат на Facebook да се погрижи за тоа (и да им даде пристап до огромната база корисници на социјалната мрежа), а во замена да добие делење на приходите од реклама. Но, ризикот е што целта на ваквите понуди од Facebook е да и завршат работа на компанијата на Закерберг – тука поединечните медиуми се само средство. Правилата ќе ги наметнува Facebook, вклучувајќи ја употребата на неговиот алгоритам за потенцирање или потиснување на

одредена содржина според проценката како таа ќе влијае на ангажманот (на Facebook) на корисниците. Ова може да се види и од изјавите на основачот на Facebook, Марк Закерберг, кој набргу по излегувањето на Instant Articles укажа на проблемот со дистрибуција на вестите и на дигиталните содржини воопшто, за кој, се чини, медиумите недоволно размислуваат: „Еден од најголемите проблеми денес е што читањето на вестите е бавно. Ако ја користите нашата (на Facebook) апликација и „тапнете“ на фотографијата (од веста), таа веднаш се отвора. Но, ако „тапнете“ на линк што води кон вести, бидејќи оваа содржина не е на Facebook, морате да ја симнете од друга локација, се случува да се потребни плус 10 секунди за да се вчита. А луѓето не сакаат да чекаат толку, па многу од нив ќе се откажат пред да се вчитаат вестите“, вели Закерберг. За експертите за интернет технологијата, нема сомнеж дека едно е извесно - Facebook (и сличните) се, и уште повеќе (ќе) стануваат главен алат за консумирање содржини. Непознатата е како (и дали воопшто) ќе се прилагодат останатите. nnn

Закерберг: Еден од големите проблеми денес е бавното читање вести



ПОКАНА На 10 декември 2015 година (четврток) во просториите на НБРМ, на 8. кат, со почеток во 14 часот, ќе се одржи 19. сесија на Клубот на истражувачите. Доколку сакате да го презентирате Вашиот работен материјал на оваа сесија на Клубот на истражувачите, Ве молиме да нè известите најдоцна до 30 ноември 2015 година (понеделник). Се надеваме дека ќе предизвикаме интерес кај Вас и кај Вашите колеги за учество на Клубот на истражувачите. Ве молиме да го потврдите Вашето присуство на оваа сесија на Клубот на истражувачите најдоцна до 7 декември (понеделник) 2015 година на тел. +389 2 3298 505; и електронска пошта: marketing@kapital.com.mk Напоменуваме дека зачленувањето во Клубот е од отворен карактер, за што подетаљни информации можете да видите на следнава врска: www.nbrm.mk/Клуб на истражувачи.

LENOVO® H50-50

Персонален компјутер со најнова генерација на процесори Прифатливиот LENOVO® H50-50 десктоп е уникатна комбинација на повеќе-јадрено процесирање и на карактеристики за семејна или канцелариска употреба.

ПЕРФОРМАНСИ ЗА БРЗА РАБОТА Најнова генерација на повеќе-јадрени процесори.

ОПТИМИЗИРАН ЗА МУЛТИМЕДИЈА 5.1-канално аудио и DVD читач/снимач за извонредна забава.

ACCUTYPE ТАСТАТУРА Посебно заоблени копчиња за удобно и точно пишување.

ПЕРФОРМАНСИ

Дисков простор

Процесор

500GB HDD (7200 rpm)

ЦЕНА

Intel® Core™ i3-4170 Processor (3M Cache, 3.70 GHz)

Оптички уред

Оперативен систем

ДВД читач/снимач

IdeaCentre H50-50: 90B600HSRI

Windows 8.1 Professional

30.590,oo ден.

Меморија

ГАРАНЦИЈА

4GB DDR3, надградлива до 16GB DDR3 (2 x DIMM)

2 години

ИНет доо A: T: W: E:

Атинска 12 - Скопје 02/ 3090.625 www.inet.com.mk sales@inet.com.mk

ИНет доо

Services

Lenovo Авторизиран Сервисен Партнер E: services@inet.com.mk


WWW.KAPITAL.MK

Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

COVER STORY

ТУРБУЛЕНЦИИ специјален прилог

НА ЕВРОПСКИОТ ТЕЛЕКОМ ПАЗАР И МАКЕДОНИЈА ЗАФАТЕНА ОД БРАНОТ

Бизнис подароци ПОЛИТИКА

ШТО ПО ЛИДЕРСКАТА СРЕДБА ВО ПОНЕДЕЛНИК?!

КаКо да ги израдувате деловните партнери КАПИТАЛ SPECIAL АНАЛИЗА

СУПЕРМАРКЕТИТЕ ПЛАЌААТ КОГА САКААТ, КОЛКУ САКААТ И КАКО САКААТ

со стил

ТОП 100 ИЗВОЗНИ ПРОИЗВОДИ

КОЈ ГО ВЛЕЧЕ МАКЕДОНСКИОТ ИЗВОЗ?

ГОЛЕМА ИНВЕСТИЦИЈА НА МАКСТИЛ ОД 22 МИЛИОНИ ЕВРА

ЈОРДАНОВ: МЕТАЛУРШКИТЕ КОМПАНИИ ВО ЦЕЛИОТ СВЕТ ИМААТ ПОСЕБЕН ТРЕТМАН ОД ДРЖАВАТА

БИЛДЕРБЕРГ: КАКВА ИДНИНА КРОИ СВЕТСКАТА ВЛАДА? БРОЈ 817 | ЦЕНА 100 ДЕН. | 26 ЈУНИ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16

WWW.KAPITAL.MK

l рачни часовници l Модни додатоци l луКсузен наКит и бижутерија l КанцеларисКа галантерија l еКсКлузивни пијалаци и пури l таблети, лаптопи и останати “гаџети“ l иновативни бизнис подароци l подароци што ги отслиКуваат вашите Корпоративни вредности l униКатни дизајни и паКувања на КоМпанисКи производи КаКо деловни подароци l еКолошКи подароци


Капитал број 840 04.12.2015

52

www.kapital.mk

Бизнис подароци

Доаѓа Нова година, а правилата за бизнис подароци остануваат исти

Комплетен водич за претпразничната треска на купување подароци Дарувањето во светот на бизнисот одамна е задолжителен, а не само пожелен дел од комуникацијата, и не смее да се потцени вниманието што е потребно ако сакате да поентирате во овој дел од модерната бизнис комуникација (и маркетинг!)

Подарок: мора да е соодветен во секоја смисла - со цената, с


www.kapital.mk

И

И ако сте од оние среќници кои за празниците можат да си дозволат да заборават на работата, ќе ви остане барем еден извор на стрес поврзан со професионалниот живот оној што произлегува од претпразничното избирање и набавка на подароци за деловните партнери, за клиентите, за вашите вработени. Дарувањето во светот на бизнисот одамна е задолжителен, а не само пожелен дел од комуникацијата, и не смее да се потцени вниманието што е потребно ако сакате да поентирате во овој дел од модерната бизнис комуникација (и маркетинг!). Со подароците што ќе ги изберете за вашите бизнис партнери зборувате многу за себе, но пред сè за компанијата што ја претставувате. Притоа, нема потреба да се консултираат комуниколози за да се заклучи дека со подарокот се испраќа порака за тоа какво мислење се има за оној кој го добива, и, ако се работи за бизнис партнер, што ви значи соработката со него. А тука има правила кои не се менуваат со календарот, со новите години.

Подарокот е знак на внимание, а не прилика да се фалите Деловниот подарок мора да е соодветен во секоја смисла - со цената, со квалитетот, со афинитетите на личноста која го добива ... Релативно лесно ќе изберете подарок за бизнис партнер со кој ве врзува долгогодишна соработка или сте се зближиле на некој друг начин. Предизвикот е да се најде соодветен подарок за личност која можеби не ја познавате доволно, а е високо на вашата листа со личности кои сакате да ги испочитувате (и) на ваков начин. Рецептот со кој не може да се згреши е при изборот на подароците вистински да се ужива, и да не се губи од вид карактерот, стилот или некои други карактеристики за ориентација во однос на личноста која сакате да ја дарувате. Ако внимавате на овие правила мала е можноста да ја промашите целта, зашто и ако не сте го погодиле вкусот на примачот, тој секако ќе примети дека подарокот е избран со внимание. Затоа е многу важно да се внимава на квалитетот на подароците - неквалитетните не само што ќе отидат во корпа, туку и не се забораваат толку лесно - оставаат лош впечаток за вашата компанија. Во овој контекст, ако располагате со поскромен буџет, подобро е

Капитал број 840 04.12.2015

специјален прилог

53

Што кому да подарите во вашиот бизнис свет? Има неколку групи луѓе од вашиот бизнис што од вас треба да добијат подарок за празниците. Јасно е дека тие се оние кои помагаат вашата компанија да биде успешна Подароци за клиенти

К

ај подароците за вашите клиенти, ако вашата компанија ги има во мал број, тогаш е подобро колку што можете повеќе да го персонализирате она што ќе им го подарите. Во ваков случај (ако се помалку на број) клиентите секако подобро ги познавате, и можете да се водите од она што го знаете за нив - на клиент кој на вашите состаноци што вклучуваат и вечера порачува вино, нема да згрешите ако му подарите некое добро вино. Но, ако имате голема мрежа на клиенти, решението е помали и погенерализирани подароци. Притоа избегнувајте ги промотивните материјали, како пенкала, роковници со логото на вашата компанија. Тие се најздодевниот, најнекреативниот избор, и подобра замена би била рачно напишана картичка со красноречиво, но, сепак непосредно искажани желби и честитки за празниците.

Подароци за вработените Најдобро е кога точно знаете што би сакал да добие оној кому дарувате, а вашите вработени, нема сомнеж (тоа го покажуваат сите анкети), најсреќни би биле со извесен бонус во пари. Но, бидејќи секоја компанија не може да си го дозволи тоа, (ако сте во таква ситуација) можете да ги почестите вработените, на пример, со ручек во ресторан. Како и да е, внимавајте подароците да бидат исти за сите, освен во случај на еден или двајца ваши најблиски соработници, за кои би биле соодветни поголеми подароци. Секако, креативен, и што е уште поважно, корисен начин да ги почестите вашите вработени, е да им приредите незаборавно искуство, наместо да им купите нешто што по празниците ќе заврши во нивните подруми/остави. Можете да им платите курс/часови/ предавања од некоја интересна

област што можеби не е поврзана со вашата дејност, но ќе им ја зголеми креативноста/визијата. Добра варијанта е и да ги однесете на кампување, при што вие ќе го платите превозот и храната, и секако, ќе ги обезбедите шаторите. Слично влијание на „тим билдингот“ ќе има и ако им обезбедите влезници за некој добар концерт или претстава.

Еколошки или за некоја друга добра кауза освестени подароци XX Празниците се вистински повод (иако ова треба да биде редовна практика) да подарите не само во знак на внимание, туку и онаму каде нешто навистина е егзистенцијална потреба. Во вашата компанија можете да мотивирате дух на донирање, собирање средства, како пакувана храна за народни кујни, облека и ќебиња за бездомни луѓе, она од што имаат потреба домовите за деца без родители. XX Изберете еколошки алтернативи за подароците што можат да бидат заменети со такви што не се штетни за животната средина. Ако периодов патувате во странство, сетете се да купите, за да ги подарите, батерии на соларна енергија - ги има и за телефони и за други електронски уреди. Соодветен подарок се особено за вашите вработени, колеги, одредени клиенти. Ќе испратите јасна порака. XX Изработете подарок самите, рачно. Тоа може да биде креативно смислена и изработена картичка, рачно плетен шал, колачиња ..., но секако ќе биде персонализирана алтернатива на она што можете да го купите во продавница. XX Ставете акцент на локалните вина. Направете подарок корпа со избор од вина од блиските винарии, и ова не само што ќе значи поддршка за локалниот бизнис, туку ваквото решение, бидејќи виното е секогаш добар подарок, може да ве спаси ако на некој кој заслужува ваш подарок сте се сетиле во последен момент.

со квалитетот, со афинитетите на личноста која го добива...


Капитал број 840 04.12.2015

54

www.kapital.mk

Бизнис подароци

Часовници: Модели за мажи: Fossil Townsman

З

амислен да ви биде на рака додека сте во канцеларија, при обврските во движење или на вечера за пријатно заокружување на денот, овој часовник е златен пресек меѓу формата и функцијата. Townsman својот визуелен идентитет го црпи од архитектурата од шеесеттите години на минатиот век и од автомобилскиот дизајн.

Tissot T-Touch Expert Solar

T

issot произведува тактилни часовници од 1999 година. Овој модел е прв од оваа долга серија со дисплеи чувствителни на допир, што се напојува со соларна енергија. Опремен е и со функции за активности во природа, како компас, алтиметар и своевидна метео станица.

Omega Seamaster 300 „Spectre“ Limited Edition

А

ко оној кому подарувате е специјален за вас колку што во светот на тајните агенти е специјален Џејмс Бонд, тогаш ќе го земете предвид и рачниот часовник Omega Seamaster 300 „Spectre“ Limited Edition, што беше дел од опремата на ликот креиран од Јан Флеминг, во најновото издание од филмската франшиза за Бонд, Spectre (овде веднаш вреди да се нагласи цената, која во Македонија е околу 6.600 евра). Часовникот е во куќиште од нерѓосувачки челик, носено од црносиво NATO каивче, а го движи револуционерниот механизам Omega Master Co-Axial calibre 8400, отпорен на магнетни полиња до 15.000 гауси.

Модели за дами: Skagen Anita

А

нита на дански јазик значи „грациозност“, а оваа особина не му недостасува на часовникот на чиј дисплеј нумерички се прикажани броевите (позициите на часовникот 6 и 12), а на местото на сите останати (позиции) има кристали.

Esprit ES-Sarah taupe

К

ако и сите величествени нешта, елеганцијата е многу едноставна. Toa го докажува и дизајнот на овој часовник. Ќе споменеме само дека куќиштето е од нерѓосувачки челик, а тенкото, нежно ременче е кожено.

Tissot Lovely

М

алечок, апсолутно женствен, може да се носи лабаво околу зголбот, како полнокрвно парче накит, а и натаму сигурно да ја ориентира деловната жена низ нејзиниот дневен распоред благодарение на прецизниот швајцарски кварцен механизам.

да изберете помал подарок, но квалитетен, отколку нешто што треба само да глуми голема вредност. Бизнис бонтонот вели дека подарокот е знак на внимание, а не можност за фалење со длабочината на џебот. Експертите препорачуваат успешниот поход по соодветни подароци да почне со правење попис на бизнис партнерите, соработниците, пријателите ... кои сакате да ги дарувате, и со собирање што повеќе информации за нив (таму кадешто има потреба). Одредени компании за оваа цел креираат и профили на бизнис партнерите што постојано ги „хранат“ со нови податоци за нивните интереси и хобија, за кои дознаваат, меѓу другото, и во неформалните разговори. За афинитетите на одредена личност многу откриваат и деталите во канцеларијата каде што работи - неретко токму оттука доаѓаат идеи за осмислување идеален подарок, а секако ви останува можноста за целта да се распрашате и кај колегите или останатите за кои знаете дека подобро ја познаваат личноста за која станува збор.

Внимавајте со дарувањето на партнерите од странство Посебно внимание треба да се посвети на дарувањето на партнерите од странство (ако имате такви), зашто непочитувањето на културата на дарување карактеристична за одредени земји може да предизвика несакани недоразбирања во комуникацијата - предмет што кај нас нема симболичка вредност, некаде може да значи недвосмислена (во најлош случај, лоша) порака. Оние што не сакаат да се занимаваат со истражување на туѓите култури на кои им припаѓаат нивните (евентуални) странски партнери, нема да згрешат ако за подарок изберат некој квалитетен сувенир или некој друг предмет со национално (во случајов, македонско) обележје. Погоре споменавме дека подарокот мора да биде прикладен од секој аспект, вклучително и во однос на цената, зашто, на пример, скапоцениот дар во одредени околности може примателот да го сфати како барање услуга од него, или барем како обврска. Што се однесува до придружните детали поврзани со подарокот, неопходно е тој да биде убаво спакуван (не штедете на оваа ставка - првиот поглед, впечаток, е важен), а не смее да се заборави дека и најсреќно избраниот подарок многу ќе изгуби од својата вредност ако не е предаден со соодветна честитка/картичка, во која треба да се потрудите покрај општиот дел (поврзан со празниците) да пренесете и некоја добра, лична вибрација. Понатаму ви нудиме една општа, стартна насока за купување бизнис подароци, иако, за да ви биде од поголема помош, ја поткрепуваме со конкретни примери. nnn

Бонтон: Подарокот е внимание, а не беспотребно фалење



www.kapital.mk

Капитал број 840 04.12.2015

56

Бизнис подароци

Таблети:

Amazon Fire HD 6

К

Apple iPad Air 2

онсензусот на рецензентите вели, навистина вреди за парите (најниска ценовна категорија). Перформансите се значајно над она што го очекувате за оваа цена, како и квалитетот на екранот.

A

pple го зема совршениот таблет и некако го направи уште подобар, вака почнува една од рецензиите за iPad Air 2. Нивниот, пак, заклучок, е дека земено во целина, Apple iPad Air 2 е најдобар таблет што може да се купи, без конкуренција што би му била блиска во перформансите, во квалитетот на изработката, во вниманието посветено на деталите и во употребливоста.

Nexus 9

Samsung Galaxy Tab A SM-T550

Л

есен, комфорен за држење/ користење, одлични предни стерео звучници, добар екран, и, што е најважно, „врти“ оригинален (stock) Android, и како таблет со потписот на Google, секогаш прв ги добива надградбите.

Д

остоен претставник на таблетите од средната класа, со прилично солидни перформанси базирани на четворојадрен процесор и Andreno 306 графика. Меѓу јаките страни му се квалитетната изработка, светлиот екран со одлични агли на гледање, долгото траење на батеријата.

Инвентивни подароци: Contigo Bryon

Orion GoScope II 70mm Refractor Travel Telescope Moon Kit

Т

ермос со капацитет од 590 ml, што ја одржува течноста топла до 7 часа, односно ладна до 18 часа. Лесно се користи и со една рака, а благодарение на патентираната Snapseal технологија нема неконтролирано истекување на течноста.

Т

елескоп, специјално дизајниран за разгледување на површината на месечината. Дење може да се користи за набљудување птици (сè попопуларно урбано хоби), особено ако канцеларијата каде би стоел гледа на некое зеленило.

iGlove и iGlove Bluetooth Leatherman Signal

Н

е мора вашиот бизнис партнер да е авантурист, зашто неочекувани ситуации се случуваат и при секојдневното патување од дома до работа. Leatherman Signal во многу лесна изведба ви нуди сè од алат што може да ви затреба при излет во природа (пила, чеканче, клешти за сечење жица, отворач за конзерви...), но и алат за потпалување оган и свирче за во итни случаи.

Р

акавици што работат со „тачскрин“, а од истиот бренд има и bluetooth варијанта, што овозможува без да ги симнувате ракавиците да одговорите и да зборувате по телефонски повик, буквално од рака - имаат вградена батерија, микрофон и звучник.

Порака: Со подарокот се испраќа порака за тоа ш


www.kapital.mk

Капитал број 840 04.12.2015

специјален прилог

57

Канцелариска галантерија

Лаптопи Lenovo B50-30

З

а исклучително поволна цена добивате избор на хардверски компоненти што овој лаптоп го прават доверлив секојдневен сопатник за сурфање на Интернет, за пишување текст и за користење на канцелариски (Office) апликации.

Dell Inspiron 5551

Н

аменет првенствено за бизнис корисници, Dell Inspiron 5551 располага со комфорна тастатура, добра автономија - батеријата на тестирањата трае 6 часа при сурфање или гледање видео, а треба да му се пофали и дизајнот. Припаѓа во буџетските лаптопи, а рецензентите се едногласни дека вреди за сите пари.

Asus ROG G751JT

А

ко знаете дека вашиот бизнис партнер сака да се опушта/„испука“ со видео игри, тогаш можете да размислите да му подарите гејмерска машина (таквите лаптопи се скапи; и овој што го предлагаме не е исклучок). Ова преносно чудовиште игрите „ги јаде за појадок“ со својот i7-4720HQ процесор (овде перформансите се пресудни), дури 16GB RAM и графичка NVIDIA GeForce GTX 970M со 3GB.

Toshiba Satellite L50-C

С

е смета за еден од најдобро избалансираните лаптопи од средна класа. Убав е и на око - маската е од мазна пластика, што имитира метал, а не е магнет за отпечатоци од прстите. Корисниците особено се фалат и од квалитетот на тастатурата и на тачпадот.

Star Wars Darth Vader - сет, пенкало и роковник, од Cross

В

о очекување на премиерата на новиот, седми филм од сагата „Војна на ѕвездите“, „Будење на силата“, ако вашиот бизнис партнер е фан на наследството на Џорџ Лукас (а ретко кој не е), сигурно ќе се израдува на сетот од пенкало и роковник на тема Дарт Вејдер.

Сет, пенкало и држач за картички од Caran d'Ache

С

ет за подарок со ненаметлива елеганција, пишува швајцарскиот производител, кој за пенкалото гарантира дека ќе испише со константен квалитет 600 А4 страници. Држачот за картички е кожен.

Fine Stationery Notebook #145, Montblanc

С

о џебната димензија претендира да биде секојдневен придружник на оној што ќе го користи. Изработен во Италија, поставен со Saffiano кожа.

MacBook Air 13

О

вој ултрабук е еден од најдобрите премиум модели на пазарот. Со ненадминати перформанси на батеријата, преносливост, квалитет на изработката ... Сето ова доаѓа по цена, што, секако, не ја следи популарноста на брендот Apple. Затоа, ако се одлучите некому да го подарите ова технолошко задоволство, за да му биде идеален сопатник, неспорно ќе му порачате дека е вашиот идеален партнер во бизнисот.

Налив-перо Waterman, од колекцијата Expert

В

о сетот од сликата добивате и кожена футрола за налив-перото.

што ви значи бизнис соработката со примателот


www.kapital.mk

Капитал број 840 04.12.2015

58

Бизнис подароци

Геџети Google Chromecast 2

Н

ајдобар начин да се претвори „стар“ телевизор, во „smart TV“, преку поддршка за стримување и мироринг на екран од преносниот уред или десктоп компјутер на телевизор.

Samsung Gear Fit

С

о помош на мерачот на отчукувањата на срцето дава упатства за вежбање во реално време, и активно мотивира за постигнување зацртаните цели за физичка активност. Известува за примените меилови, SMS-и, повици ..., и сето тоа на Super AMOLED екран чувствителен на допир, а отпорен на вода и прашина.

GoPro Hero+

Toshiba Canvio Basics 2TB

П

росторот за филмови, музика, фотографии ... никогаш не е доволен, па, подарок со кој не можете да згрешите е и екстерен хард драјв. Овој модел е спремен за работа со Windows (не бара дополнителна инсталација на софтвер), и испорачува брз трансфер со USB 3.0, a компатибилен е и со USB 2.0.

Пури Monte by Montecristo Jacopo No.2

М

еѓу десетте најдобри пури за 2014 година на магазинот Cigar Aficionado. Кутија со 16 премиум парчиња со комплексен и полн вкус.

Romeo y Julieta Short Churchill

С

ет составен од 10 од популарните и наградувани Romeo y Julieta Short Churchill, секоја сместена во свој humitube за прописно чување, и бредиран кибрит плус секач.

П

очетничка верзија на најпознатата акциска камера на светот. Снима во резолуција 1080p со 60 фрејма во секунда, фотографира со 8 мегапиксели, опремена е со Wi-Fi и Bluetooth за пристап до GoPro апликацијата и до Smart Remote, што значи камерата може да се контролира далечински, да се прегледуваат симките. Водоотпорна е до 40 метри длабочина.

Модни додатоци и накит Машки:

Копчиња за манжетна Fasten, од Swarovski

Дамски:

Davidoff 5 Robusto Cigar Collection

В

нимателно направен избор од пет пури од сè попопуларната „робусто“ големина, приреден од Davidoff.

Копчиња за манжетна Cross Signature, од Swarovski

Амбалажа: Не штедете на квалитетно пакување на подарокот


www.kapital.mk

Капитал број 840 04.12.2015

специјален прилог

59

поДари SWAROVSKI оД срце

С

леди еден од најубавите периоди во годината каде се подарува од срце на сите кои ни значат. Создадете посебни спомени и прославете го магичниот Божиќ во стилот на Swarovski.

Божиќна магија

Од накит со убава симболика до иконски декори, брендот има безброј идеи за подароци. Во оваа колекција секое парче е фасцинантно и носи малку магија во себе. Симболите како ангели, елки, Дедо Мраз, ирваси, снешковци, детски играчки, се реинтерпретирани и за 2015 година. Од година на година, Брендот внесува магија во Божиќната сезона со своите прекрасно изработени Годишни изданија како што се снегулки, ѕвезди, ангели, и овогодинешниот новитет- Ѕвоното. Овие изданија се ексклузивни и лимитирани на годината на производство, па затоа освен за Божиќ, тие се идеален подарок и за други настани кои ја одбележале годината.

накит со позитивни пораки

Во делот на накитот, најново сезонава е накит дизајниран со долгогодишната муза на брендот – Миранда Кер. Лансирана е цела една линија накит кој го акцентира нејзинито личен стил и воедно, секоја жена може да се пронајде во оваа приказна. Од елегантни и празнични изданија во бел кристал до минималистички огрлици, алки, обетки.. колекцијата изобилува со парчиња кои зрачат во Новогодишен дух. Инспирацијата за накитот е основан на вредностите во животот по кои таа се води. Па така, од бојата на кристалот до формата на симболот, секој дизајн носи позитивна порака. Божиќ и Нова Година се период на славење, подарување, моменти кои ги делиме со фамилијата, пријателите и споделуваме убави моменти и си посакуваме најубави желби. Токму оваа колекција е совршениот начин да го направите тоа. Со симболи на љубов, среќа, радост, сила, слобода, мир, смиреност, дефинитивно ќе добиете насмевка на кого и да подарите дел од овој накит.

атрактивните кристали

Сите производи се направени од извонредниот Swarovski кристал и спакувани специјално за важниот ден атрактивната позната сина кутија обвиткана сo сребрена лента на која е обележано лимитираното издание. Посетете го салонот на Swarovski и одберете совршен подарок за Божик и Нова Година! Swarovski Partner Boutique ул. Мaкедонија 32 1000 Скопјe; тел: ++389 2 3222 30; Skopje City Mall, 1000 Скопје тел: ++ 389 2 3091 003; Palma Mall 1200, Тетово тел: ++389 44 36 88 78


www.kapital.mk

Капитал број 840 04.12.2015

60

Лидерство

Рекоа за.... промената

Е

ден од најважните фактори за успех во животот е промената. Но, исто така, промената е нешто што најмногу ги плаши луѓето. Најлесно е да останеме во својата зона на “комфор“ и да не менуваме

Мојата наставничка во школо ми рече дека сум најглупавиот ученик што некогаш го имала. И ми направи услуга. Ако ми речеше дека сум многу паметен, немаше да се трудам да бидам подобар.

Мора да преземете лична одговорност. Не може да ги промените околностите, климата или ветрот, но може да се менувате себеси. За тоа сте самите одговорни.

Светот се менува многу бргу. Големите нема да ги победуваат малите повеќе. Отсега ќе биде, брзите ќе ги победуваат бавните.

Рекордите се направени за да се срушат. Во човековата природа е да се стреми кон тоа постојано.

Ернест Гало

американски бизнисмен

ништо кај себе си. Неменувајќи се себеси, не можеме да ги менуваме ниту другите на подобро. Прочитајте што мислат за промената неколку познати претприемачи и бизнисмени од светот.

Бил Гејтс

основач на Microsoft

Оние што се опираат на промените ќе бидат соочени со сè поголем број луѓе кои ќе сфатат дека има и подобри решенија; благодарение на технологијата.

Во време на драстична промена, искуството може да биде вашиот најголем непријател.

Џим Рон

американски претприемач

Џ. Пол Гети

американски индустријалец и милијардер

Волјата за промена е силна страна, дури и тоа да значи дека привремено дел од компанијата може да влезе во тотална збрка.

Руперт Мардок медиумски магнат

Џек Велч

долгогодишен директор на General Electric

Промената е витална; подобрувањето е логична форма на промената.

Ричард Бренсон британски претприемач и милијардер

Џејмс Кеш Пени

основачот на синџирот стоковни куќи J.C.Penney во САД



www.kapital.mk

Капитал број 840 834 23.10.2015 04.12.2015

62

лидери

лери пејџ основач на гугл

ТехнологијаТа може да го направи свеТоТ подобар лери пејџ, заедно со сергеј брин, се основачи на една од најважните интернет5 компании во целиот свет Google. од неодамна гугл е во рамки на групацијата Alphabet, на чие чело е пејџ. Тој важи за еден од најиновативните бизнисмени во светот. еве некои од неговите размислувања кои покажуваат како успее да ја изградат гугл и кои се нивните идни планови:

Мојата работа како лидер е да обезбедам сите во компанијата да имаат големи можности и да се почувствуваат дека прават нешто значајно и придонесуваат за компанијата и за општеството

Попрво би сакал луѓето да мислат дека сме збунети, отколку конкурентите да знаат што планираме да правиме

Треба да иновираш работи, но треба тие работи да ги направиш достапни до луѓето. Тие иновации мора да се комерцијализираат

Ако бевме мотивирани од парите, досега ќе ја продадевме нашата компанија и ќе завршевме на некоја плажа

Го основавме Гугл бидејќи сме супер оптимисти за потенцијалите на технологијата да го направи светот подобро место за живеење

Многу е значајно компанијата да биде како семејство, вработените да почувствуваат дека се дел од компанијата и дека таа им е како семејство. Кога ги третирате луѓето на тој начин, продуктивноста е многу поголема

Ние имаме мантра да не бидеме лоши. Отсекогаш верувавме дека може да се направат пари и без да се биде лош Дел од причините заради кои сме толку успешни е фактот што првично ние всушност не сакавме да почнеме бизнис

Ако го менуваш светот, тогаш работиш значајни работи. Тогаш сте возбудени кога станувате наутро




Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.