ГОЛЕМА АНКЕТА НА КАПИТАЛ СО НАД 200 БИЗНИСМЕНИ БИЗНИСОТ БАРА РЕШАВАЊЕ НА ПОЛИТИЧКАТА КРИЗА И ПОМАЛИ ДАВАЧКИ
ДЕЛОВНА 2016 БИЗНИС ПЛАНОВИТЕ НА ВОДЕЧКИТЕ МАКЕДОНСКИ КОМПАНИИ ЗА 2016
Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...
КАДЕ ОДИ МАКЕДОНСКИОТ ИЗВОЗ? АКО ГЕРМАНСКИОТ БРОД ПЛОВИ ПОБРЗО, ЌЕ ГО ВЛЕЧЕ И НАШИОТ ЧАМЕЦ!
WWW.KAPITAL.MK
INTERVIEW ДИМИТАР БОГОВ гувернер на Народна банка на Македонија
ЗОРАН ЗАЕВ
претседател на СДСМ
КИРИЛ МИНОСКИ директор на Управата за јавни приходи
БОЖИДАР
EXCLUSIVE
ЈАНКОВСКИ
ЈОВИЦА УГРИНОВСКИ
извршен директор на Динерс Клуб Македонија
ГОЛЕМ МАЈСТОР НА ГОЛЕМАТА ЛОЖА НА МАКЕДОНИЈА (ГЛМ)
МАКЕДОНИЈА ИМА СВОЈА СУВЕРЕНА И ПРИЗНАЕНА ГОЛЕМА ЛОЖА!
НАЧИНОТ НА КОЈ МАКОТРПНО СТИГНАВМЕ ДО ВАКВИОТ СТАТУС НИ ДОНЕСЕ СИЛЕН АВТОРИТЕТ И ДОСТОИНСТВО ВО СВЕТСКОТО СЕМЕЈСТВО НА РЕГУЛАРНИ МАСОНИ! ДА ПРЕСТАНАТ ПОЛИТИЧКИТЕ АПСУРДИ INTERVIEW ОТИ ЗАСЛУЖУВАМЕ ТАКИ ФИТИ ДА ЖИВЕЕМЕ ВО претседател на МАНУ ПРОСПЕРИТЕТНА ДРЖАВА БРОЈ 843 / 844 / 845 | ЦЕНА 100 ДЕН. 25 ДЕКЕМВРИ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16
Каква 2016 година очекуваат банкарите?
Богов: Структурните реформи, а не девалвацијата ја зголемуваат конкурентноста
Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...
INTERVIEW
ДИМИТАР БОГОВ ГУВЕРНЕР НА НАРОДНА БАНКА НА МАКЕДОНИЈА
КОЈ И ДА Е НА ВЛАСТ, МОРА ДА ПРОДОЛЖИ СО ПРИВЛЕКУВАЊЕ СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ Исто како и во 2015 година, и во 2016 година главни носители на растот се очекува да бидат инвестициите, приватната потрошувачка и извозот. Имено, во 2016 година се очекува да продолжи реализацијата на крупните инфраструктурни проекти на јавниот сектор, што заедно со приливот на нови странски инвестиции во слободните економски зони и домашните инвестиции ќе придонесе за натамошен пораст на инвестициската активност.
Капитал Ви посакува многу успех и среќа во Новата 2016-та!
Миноски: УЈП треба да биде во служба на бизнисите и нивниот развој
Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...
EXCLUSIVE ПРВО ИНТЕРВЈУ НА ДИРЕКТОРОТ НА УПРАВАТА ЗА ЈАВНИ ПРИХОДИ
КИРИЛ МИНОСКИ
ТРЕБА ДА ГРАДИМЕ БОГАТИ КОМПАНИИ Кирил Миноски пред околу еден месец ја превзема директорската функција во УЈП и веќе најавува менување на филозофијата по која работи УЈП. Вели дека главниот акцент ќе биде на превентивното делување и едукацијата на даночните обврзници. “Ја гледам Управата за јавни приходи како институција која што треба да биде во служба на бизнисите и нивниот развој”, вели Миноски, кој потенцира дека бизнисите мора да бидат партнер на УЈП, од причина што само тие креираат нова вредност од која што се финансира се финансира државата.
Капитал Ви посакува многу успех и среќа во Новата 2016-та!
Заев: Нема да се случат уште едни криминални избори во Македонија
Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...
INTERVIEW
ЗОРАН ЗАЕВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СДСМ
ЧОВЕКОТ КОЈ ЈА ОДБEЛЕЖА ГОДИНАТА Без разлика дали ги поддржувате политиките на опозицијата или не, Заев е неспорно човекот кој ја одбележа изминатата 2015 година. Скандалот со масовно прислушување на над 20 илјади граѓани кој го обелодени Заев ја доведе Македонија до Договорот од Пржино, чија цел беше да ја врати земјата во нормала. Во момент кога спроведување на Договорот од Пржино е сосема неизвесно, како и изборите закажани за 24 април, и кога е прилично нејасно во која насока ќе се движи Македонија, лидерот на опозицијата Заев е дециден дека единствена опција за Македонија се кристално чисто избори, за кои како што вели не се исполнети потребни услови.
Капитал Ви посакува многу успех и среќа во Новата 2016-та!
www.kapital.mk
8
Капитал број 843/844/845 25.12.2015
соДржинА
60
14 14
АнкетА нА кАпитАл
20 22
кАпитАлно
зА очекувАњАтА нА бизнисот во 2016 бизнисот бара решавање на политичката криза и помали давачки заробена иднина
54
ДеловнА 2016
60
интервју
ДеловнА 2016
бизнис плановите на македонските фирми за 2016 Следи уште една тешка година
26
ДеловнА 2016
34
интервју
каква 2016 година очекуваат бизнисмените?! ДимитАр богов гувернер на Народна банка на Македонија
кој и да е на власт, мора да продолжи со привлекување странски инвестиции
40
ДеловнА 2016
46
интервју
каква 2016 година очекуваат банкарите?! Повеќе слична, отколку различна кирил миноски директор на Управата за јавни приходи
главна цел треба да ни биде да создаваме богати компании
позитивни проценки за извозните пазари Ако германскиот брод плови побрзо, ќе го повлече и нашиот чамец! тАки Фити
претседател на Македонска академија на науки и уметности (МАНУ)
Да престанат политичките апсурди оти заслужуваме да живееме во просперитетна држава
66
ДеловнА 2016
84
интервју
кАпитАл советувА Како да останете ликвидни во 2016? зорАн зАев
96
102
Агробизнис Агробизнис Форум нА прокреДит бАнкА Македонскиот агробизнис треба да се развива со здружување во кооперативи, полесен и соодветен пристап до финансирање и инвестиции во модернизација, иновации и знаење
ДеловнА 2016
светот во 2016 гоДинА ИД ќе продолжи да „произведува“ бегалци, Европа тешко да се справува, САД со половичен учинок ќе се бори со терористите
интервју
божиДАр јАнковски извршен директор на Динерс Клуб Македонија
остануваме први во грижата на нашите корисници
106
LifestyLe
110
LifestyLe
112
технологијА
114
лиДери
претседател на СДСМ
нема да се случат уште едни криминални избори во македонија
92
102
од специјалната серија "приватна резерва" Винарија "Стоби" промовираше шест нови премиум вина највлијателната жена во арапскиот свет Шеика Мозах ги разбива стереотипите за моќта на жените на Блискиот исток Што ќе донесе 2016 во технологијата? Виртуелното ќе станува сè пореално, вештачката интелигенција сè попаметна и поприсутна инДрА ноји
извршен директор на PepsiCo
Директорската функција мора да се прифати со срце, глава и раце
Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје l Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31 l П. ФАХ 503, 1000 Скопје l Основач и директор: Љупчо Зиков l Одговорен уредник: Биљана Здравковска Стојчевска l Печати: Графички центар Скопје, ул. Скупи бб, 1000 Скопје l Тираж: 3.000 примероци l Датум на печатење: 24.12.2015
N пишува: ЉУПЧО ЗИКОВ
Внимание! Тралалајките со истегнати уши, по долината на Вардар, ќе слават Нова gодина и два Божиќа!? Господ на помош!? Македонија, од едно, сега има дури две јавни обвинителства, “наше” и “нивно”!? Очекуваме “нашето” да проработи ...!? Чудесна е оваа земја со опоен мирис на недоградена канализација. Пораката за ВМРО- ДПМНЕ во овој текст е дека ароганцијата и некомпетентноста како и отсуството на допир со реалноста одамна ги има завладеано. За криминалите со кои се полнат весниците ќе треба да проследиме од извештаите на обвинителствата!? Чекаме на тоа. Последната година, годината во која експлодираа многу “вистини”, Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја изгуби својата политичка релеванција. Денеска, тие се во Влада со СДСМ, без разлика дали е таа техничка или не знам каква. Ова повеќе не е влада на ВМРО-ДПМНЕ. Македонија во почетокот на годината ќе се соочи со оставката на премиерот. ljupco.zikov@kapital.mk facebook.com/ljupco.zikov
На крајот на оваа година и на почетокот на идната година се прашуваме како македонскиот граѓанин да ја реши несреќата, која упорно ја носи со себе, и да стане среќен!? Ова е општа ментална состојба која го окупира граѓанството и селанството по долината на Вардар. Тагата, стравот, омразата, жалењето, обвинувањето, плановите и страстите живеат во минатото или во иднината на умот. Барем така треба да биде гледано од аспект на Буда. Но, само кај македонскиот човек овие феномени во кои тој е удавен ... живеат вечно. Никако да излезе од нив. Да ги реши ... Не знае како. Немоќен е. И замислете секогаш е во право ... Дури и кога греши, што би рекол Бранко Црвенковски!
Зошто е тоа така?
Затоа што е “ољупен од крадење”! И е “убиен во поим”. Украдена му е иднината ... Исселен е. “Избеглица”, а никој не го забележува. Радари по светот не го фаќаат. Во Италија, Германија, Шведска, Америка, Австралија пристигнува од осиромашена балканска “вукојебина”, каде 50 лика 25 години си играат мижитатара со своите граѓани кои деспотски ги претвориле во поданици на дворот - свои кеш машини за лично уживање. Не знае името да си каже колку е очаен. Сето тоа во основа е таква сурова реалност, оти македонската иднина денес, како и пред 15 години кога се потпишуваше Охридскиот договор, после “наместената” војна од страна на четирите партиски банди, е во рацете на истите четири ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА. Во таа сега веќе далечна 2001 година лидерите на овие партии, кои практично и ја произведоа војната за да ја затскријат клептоманската транзиција од девдесеттите години, беа ставени на свршен чин да потпишат еден срамен акт – Охридскиот договор, со кој на светот му ја пратија пораката дека од ова парче земја држава не бидува. Дека овде нема елементарна мисла за дефакто градење самостојна држава на просперитетни луѓе со јасна иднина. Петнаесет години потоа наместо крај на Охридскиот договор, добивме Пржински договор (оти е потпишан во Пржино). Според содржината на договорот, чиниш го потпишале “во Бардовци”!? Ако се потсетите на структурата на овој договор ќе видите дека тој содржи фундаментални начела за градење на држава. Потписите што на овој договор ги ставија Никола Груевски, Зоран Заев, Алија Ахмети и Мендух Тачи се само уште едно признавање на колосалната неспособност висока како планина да се произведе нормална држава. Значи, се од почеток – фер и демократски избори, слободни медиуми, запирање на насилства, борба против корупцијата, владеење на правото и основање на нормално јавно обвинителство. Потконтекстот е криминалците да си одат онаму каде што им е местото. Сите се прашуваме што работеле овие ... во сите овие години, освен, што работеле на полнење на своите џебови, како што можеше да се слушне од преслушаното во текот на 2015 година.
Сурови последици
Како производ на се ова денес може да се каже дека македонската држава “крвари” без престан. Нејзината
stand by
економија има неизвесна судбина. Веќе во 2016 година македонскиот долг ќе ја надмине магична граница од 55% и земјата ќе влезе во една прилично опасна зона, не толку заради процентот на долгот, туку заради тоа што македонската економија не е наштимана да враќа долгови. Едноставно нема кој да враќа долгови. Секојдневно се гасат компании. Многу од компаниите се заложени и по два до три пати во банките. Основачите на компаниите се помалку се заинтересирани да работат. Тоа е состојбата на умот денес овде. Претприемачите се помалку се осмелуваат. Над 60% од фирмите се соочуваат со блокирани сметки, а над две третини од работоспособното население исто така се соочува со блокирани сметки. Должничкото ропство е веќе евидентно. Политичката елита е закопана со главите во земја. Не сака да се соочи со вистинските бројки. Немоќна да стори нешто, секојдневно гаси пожари. Најужасната позиција во која може да се најде еден “извршен менаџер” на компанија. Македонските граѓани во почетокот на 2016 година се соочуваат можеби со својот најголем егзодус во историјата. Цели семејства трајно ја напуштаат земјата. Оваа земја, пак, е една од трите земји во
Еден човек се обратил на Буда со зборовите: “Јас сакам среќа”! Буда му одговара: Прво, исфрли го “јас”, затоа што тоа е его. Потоа исфрли “сакам”, затоа што тоа е желба. Се друго што ќе ти остане е среќа“... Чудата не постојат. Секој наш чекор е реален пат кој едноставно мора да се изоди...” светот (две се афрички) каде се уште нема попис на населението. Во такви услови се проценува дека во Македонија дефакто живеат помалку луге, од луѓето запишани во избирачкиот список, што можеби индиректно сугерира зошто и не е спроведен пописот!? Се на се, една крајно нефункционална и грда општествена матрица е инсталирана и изградена за сите 25 години македонска независност. Државна матрица клиентелистички поставена во која нема иднина ако не си со четирите корумпирани партии. Во една ваква држава, каква ретко се среќава на европскиот континент, е сосема нормално политичкиот процес
да биде “киднапиран” од меѓународниот преговарачки фактор. Местото на носење политички одлуки е изместено (не е во Парламентот или Владата), туку се наоѓа во Клубот на пратеници. Едно крајно неформално место во градот, една бавча во центарот на градот, каде урбанистичките мегаломански апетити на скопските олигарси, се уште не стигнале квалитетно да го урнат и да изградат стамбени згради, или катна гаража со три дуќани и половина канцелариски простор. Гаражата да ја заложат кај банката, па да не го вратат кредитот, а на банката да и ја остават гаражата!? Стандардна шема. Не можат да дојдат до просторот оти преговорите се уште траат. Но, да се вратиме на
12 stand by киднапираниот политички процес.
Што игра имаме? И дали имаме? Пораки ...
Македонија денес е мек протекторат. По Нова година го чекаме Хан и неговите соработници да кажат дали се спорведува договорено. На нив се чека. Бидејки, нели, овде не живеат луѓе кои разбираат дали се спроведува договореното! А не се спроведува. Очекуваме нов притисок да не подбутне кон промени па избори. Во меѓувреме, Македонија, од едно, сега има дури две јавни обвинителства, “наше” и “нивно”!? Очекуваме “нашето” да проработи ... А кога “нашето” ќе проработи, по некоја нејасна логика
промени политичко-партиската сцена во Македонија со лансирање на нови луѓе и свежи програми, на македонската сцена како реална опција повторно и се наметнува СДСМ. На краток рок!? Она што е важно да се каже дека во оваа партија мора да испратат сигнал до јавноста дека, кога велат дека “владата на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ украле една милијарда евра од македонските граѓани”, дека притоа не покажуваат меѓу редови нагон дека се расположени за договор за 25% од пленот!?!? Дека се расположени на договор!? Тоа за нив, така истоштени од десет годишниот пост секако се многу пари. Многу, многу пари...!? Тука се крие големата опасност
верзно, но клучната улога за тоа како ќе изгледа македонската политичка сцена е во рацете на специјалното јавно обвинителство!? Ако до изборите не се отворат клучни истраги, тогаш се претпоставува дека ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, ДУИ, а можеби и ДПА ќе состават влада и после изборите. Ако се знае дека ова и вакво ВМРО-ДПМНЕ нема да биде способно само да состави влада. Тогаш зошто ни е таква влада? Малку погоре напоменав дека Македонија, и покрај галамата што ја дигаат неосновано и неуко, провладините гастербајтери во политиката во делот на нивните интелектуалци, после “бомбите” на Заев, практички го изгуби
Пораката за СДСМ е дека не се тие виновни што ни останаа единствена опција. Ние сме виновни! Сега, нивната мисија е многу тешка. Мора да испратат сигнал до јавноста дека, кога велат дека “владата на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ украле една милијарда евра од македонските граѓани”, дека притоа не покажуваат меѓу редови нагон дека се расположени за договор за 25% од пленот!?!? Дека се расположени на договор!? Тоа за нив, така истоштени од десет годишниот пост секако се многу, многу пари ...!? Тука се крие големата опасност за Македонија. Колкава е “точката на топење” кај оваа партија? И дали таа точка веќе не е постигната?! Во спротивно, потребна е енергична промена. И акција. Да ја видиме. ќе треба да проработи и “нивното”!? Обвинителствата ги имаме, а предмети нема! Медиумите се полни со криминал на сите страни, а во притвор никој ... Освен ситни рипки! Чудесна е оваа земја со опоен мирис на недоградена канализација. Пораката за ВМРО-ДПМНЕ во овој текст е дека ароганцијата и некомпетентноста, како и отсуството на допир со реалноста одамна ги има завладеано. За евентуалните криминали со кои се полнат весниците ќе треба да проследиме од извештаите на обвинителствата. Чекаме на тоа. Најверојатно на почетокот на годината. Оваа партија, иако дејуре ја има Владата, дефакто не ја контролира. Последната година, годината во која експлодираа многу “вистини”, Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја изгуби својата политичка релеванција. Денеска тие се во Влада со СДСМ без разлика дали е таа техничка или не знам каква. Ова повеќе не е влада на ВМРО-ДПМНЕ. Во очекување во оваа партија да се соочат со суровата реалност, а тоа е дека патот е еден и единствен за оваа партија, без разлика колку и да е тој краток, а краток е ... Македонија во почетокот на годината ќе се соочи со оставката на премиерот. Она што не е јасно е како понатаму ќе се одвиваат нештата. Во отсуство на квалитетен изборен модел кој може суштински да ја
за Македонија. Колкава е точката на топење кај оваа партија? Ако не е така, како што пишувам, тогаш оваа партија мора поенергично да покаже на македонските граѓани за што се залага!? За какви општествени вредности? Кои се реформите кои ќе ги спроведат? Што ново ќе донесат? Зоран Заев и соработниците мора да разберат дека овој пат, колку и да се уверливи во она што го зборуваат со уста и со тело, сепак времето работи против нив! Македонската неутрална јавност, а такви се над 50% од македонските граѓани, бараат конкретни определби. Акција. Граѓаните се нестрпливи, а нервите се истенчени. Заев мора да разбере дека овој пат тешко ќе оди. Многу тешко...
Ако сево ова е така, а поинаку не е... тогаш што е заклучокот? Што ќе се случува во Македонија на краток рок... во текот на 2016 година?
Она што е проценка на повеќе политички и економски аналитичари е дека без “силен моментум” предизвикан од нешто многу конкретно, јасно видливо, нема многу суштински да се менува односот на силите на теренот. ВМРО-ДПМНЕ и до критичниот ден на изборите би можел да остане во некаква предност пред СДСМ, и покрај заминувањето на Никола Груевски од Владата, а можеби и од челното место во партијата. Значи, можеби звучи помалку пер-
суверенитетот на овој тип на одлуки. Затоа требаше да има оставка на владата. Сега на сцена се последиците од отсуството на визија на владата на ВМРОДПМНЕ. Самозадоволни, завалени во своите фотељи во главите полни со ароганција ја потрошија целата 2015 година промовирајки ја на најбизарен начин својата темна страна на владеење. Егото не им дозволи да го направат единственото убаво нешто што можеа да го направат за, како тие велат, мајката Македонија. А секој ден устите им се полни со патриотизам, а нивните телевизии со евтини, а скапо платени документарни филмови, во стилот “пиши во графата – продукција за вековната борба на ВМРО за самостојна Македонија”. Се што не е по нивниот А - тест за патриотизам е колосално предавство! Сепак, тоа време изгледа полека изминува ... Како последица на тој патриотизам, што само тие го разбираат, секој македонски граѓанин денес шета со спуштени гаќи наоколу и низ светот. Ни се смеат на глупоста. Од сите нас, преку “брутален општествен инженеринг”, создадоа “улави човечиња, истегнати за уши штотуку вратени од гласање ...”! Така голи шетаме по “пржинскиот договор” тапо загледани во просторот, и се уште без чувство дека - “ало човеку ... сите ние чекаме да се соочиш со себе ...” Ајде време е. nnn
Капитал број 843/844/845 25.12.2015
www.kapital.mk
ДЕЛОВНАНА 2016КАПИТАЛ ЗА ОЧЕКУВАЊАТА Н АНКЕТА 14
БИЗНИСОТ БАРА РЕШАВАЊЕ НА ПОЛИТИЧКАТА КРИЗА И ПОМАЛИ ДАВАЧКИ
Најголемиот дел од бизнисмените и управителите на фирми кои учествуваа во Анкетата на Капитал за очекувањата за 2016 година сметаат дека најважни потези кои треба да се направат следнава година за поголем раст на бизнисот се разрешување на политичката криза, намалување на јавната администрација и намалување на даноците и давачките кои ги оптеретуваат фирмите. Како најголемо ограничување за раст на бизнисот ги сметаат намалената куповна моќ и влошувањето на неликвидноста.
www.kapital.mk
Капитал број 843/844/845 25.12.2015
НА БИЗНИСОТ ВО 2016 Очекувате дека условите за инвестирање и работење во 2016 година:
44%
15
Со која оценка од 1 до 5 би ги оцениле условите за водење бизнис во 2015 година? 1 е најниска, а 5 највисока оцена
1
5 3%
40%
4
23%
13%
3 30%
3
Последиците од кризата вашата компанија во 2016 година ќе ги дочека: 42% 27%
21%
А
нкетата за Деловна 2016 е прва ваква анкета која ја прави Капитал со цел да му помогне на бизнисот полесно да ги носи одлуките за работењето во овие неизвесни времиња. Станува збор за анонимна анкета, на која одговорија над 230 фирми, а на некои прашања одговорија дури 430 компании. На маил адреса на повеќе мали, средни и големи фирми им беа доставени 15 прашања во кои побаравме од управителите на фирмите да ги оценат условите за водење бизнис во изминатата 2015 година, како и да ги дадат насоките и правците во кои очекуваат дека ќе се движи македонската економија и во кои ќе ги управуваат своите фирми и да ги посочат клучните потези кои треба да се преземат за да се подобри работењето на приватниот бизнис.
многу тешко ќе ги надмине
тешко ќе ги надмине
делумно ќе ги надмине
Од кои извори планирате да го финансирате работењето на вашата компанија во 2016 година? 50% 36%
10%
5
банкарски кредити
други извори
5%
Вашата компанија во 2016 година за полесно да ја надмине кризата и да го подобри работењето планира да го: 44% 23%
7%
10%
16% намали трошоците за работна сила
Како ја направивме Анкетата за Деловна 2016?
4
промени производната програма
Прогнозирањето отсекогаш било сложено, а неизвесната политичка и економска ситуација во Македонија и економските и политичките шокови низ светот во последниве неколку години наметнуваат уште поголеми предизвици. Поставувањето на насоката во која ќе
подготвено и успешно ќе ги надмине
biljana.zdravkovska@kapital.mk
10%
сопствени извори
Биљана Здравковска Стојчевска
се движи бизнисот е задача преку која секоја компанија минува, независно колку е тешко. Политичката криза во која се наоѓа Македонија веќе една година, забавувањето на економијата, се само дополнителни фактори кои го зголемија песимизмот кај бизнисмените и го прават управувањето со бизнисите уште посложено. Меѓутоа, за да создадат точна формула за успех во бизнисот многу е важно компаниите да ги познаваат условите во домашната економија и во секторот во кој работат, но и да имаат информации и за идните случувања. За да му помогнеме на бизнисот подобро да се ориентира и постави кон настаните и случувањата кои ги носи новата 2016 година, Капитал одлучи да направи анкета помеѓу бизнисмените, сопствениците и директорите на големите, средните и мали фирми во Македонија за да ги слушнеме нивните очекувања за економијата, индустријата во која работа и за
зголеми пласманот
П пишува:
комбинирано
многу ќе се влошат
малку ќе се влошат
ќе останат исти
13%
намали трошоците на производство
18% малку ќе се подобрат
многу ќе се подобрат
2%
2
15%
реорганизира работењето
2
1
многу полоша
малку полоша
трошоците за работна сила
трошоците на производство
реорганизира
производната
6
16 9%
17%
приближно иста
56%
малку подобра
13%
многу подобра
4%
7 многу полоша
Ликвидноста на вашата компанија во 2016 година очекувате да биде: 4%
малку полоша
16%
приближно иста
45%
малку подобра
27%
многу подобра
8 многу помал
малку помал
8%
Во 2016 година во однос на 2015 година планирате да остварите вкупен приход: 4% 13%
приближно еднаков
35%
малку поголем многу поголем
9 многу помала малку помала
40%
8%
Во 2016 година во однос на 2015 година планирате да остварите нето добивка: 6% 12%
приближно еднакaва
39%
малку поголема многу поголем
www.kapital.mk
Капитал број 843/844/845 25.12.2015 Состојбата во индустријата во која работи ДЕЛОВНА вашата компанија 2016 во 2016 година ќе биде:
37% 7%
компанијата за следната година. Ги прашавме за нивните бизнис планови, за мерките и деловните потезите кои планираат да ги реализираат следната година. Во Анкетатат за Деловна 2016 година претставниците на бизнисот даваат прогнози за економијата и индустријата во 2016 година. Ова го правиме со цел да бидеме од корист за претприемачите, менаџерите, финансиските директори на почетокот на новата деловна 2016 година. Прогнози и очекувања за 2016 година ги дадоа над 200 компании од разни индустрии- финансии, банки, метали, трговија, ИТ, земјоделие, прехранбена индустрија, фармација...
Тешка година за бизнисот
Зад нас е уште една тешка година во која состојбата во економијата гледана со очите на бизнисмените доби оценка едвај доволен. Во годинешното прво од ваков тип истражување на Капитал, бизнисмените како прв приоритет во 2016 година го сметаат разрешувањето на политичката криза, за кое сметаат дека заедно со намалената куповна моќ на населението ќе биде најголемиот ограничувачки фактор за водење на бизнисот во новата година. Како втор приоритет каде треба да се делува за да се олесни работењето на приватниот бизнис го посочуваат намалувањето на јавната администрација, додека трет приоритет е посочен намалувањето на даноците, придонесите и другите давачки кои ги оптеретуваат фирмите. Сепак резултатите од анкетата покажуваат дека бизнисмените се уште ја имаат жилавоста и тврдоглавоста која ги држи се уште во бизнисот. Очекуваат деловна 2016 година да биде тешка и напорна, но сепак гледаат шанса и надеж дека може да биде малку подобро. Можеби кога би ги прашале каква година на економски план би била 2020 година би биле целосни оптимисти. Веројатно затоа што во природата на секој кој одлучил да се занимава со приватен бизнис е да се надева секога дека следната година ќе биде подобро и поаѓајќи веројатно од тоа дека полошо од ова не може да биде.
Бизнисмените ја оценија економијата со 2,5
Во првото прашање од Анкетата ги прашавме бизнисмените со која оценка од 1 до 5 би ги оцениле условите за водење бизнис во изминатата 2015 година. На ова прашање одговорија 235 бизнисмени. Просечната оценка која македонската економија ја доби е 2,49. Најголемиот дел од бизнисмените или 55% од нив, условите за водење бизнис во 2015 година ги оцениле со 1 и 2. Околу 30% на ланската 2015 година ја оцениле со 3, а само 3% ја оцениле со одличен 5. Одговорите на второто прашање
покажуваат дека нема многу оптимизам кај фирмите за она што ги чека во 2016 година. Запрашани како нивната компанија ќе ги дочека последиците од кризата во 2016 година, 42% од анкетираните бизнисмени одговориле дека делумно ќе ги надминат. Околу 37% одговориле дека тешко или многу тешко ќе ги надминат последиците од економската и политичката криза со која беа оптоварени во 2015 година, додека само 21% одговориле дека подготвено и успешно ќе ги надминат. Повеќето од бизнисмените очекуваат стагнација, односно се уверени дека нема да дојде до промена во условите за бизнис и инвестирање. На третото прашање за тоа какви очекувања имаат условите за инвестирање и работење во 2016 година, најголем дел или 44% одговориле дека очекуваат тие да останат исти. Мало влошување на условите очекуваат 23% од бизнисмените, додека 13% одговориле дека очекуваат дека условите за бизнис и инвестирање многу да се влошат во новата година. Само 2% се надеваат дека условите за бизнис и инвестирање многу ќе се подобрат следната 2016 година. На прашањето да оценат каква ќе биде состојбата во индустријата во која работат во 2016 година, повеќе од половина или 56% одговориле дека очекуваат таа да остане иста. Мало влошување на состојбите во индустријата во која работата очекуваат 17% од анкетираните бизнисмени, додека 9% одговориле дека очекуваат многу полоша ситуација. Мало подобрување на состојбите во индустријата во која работат очекуваат 13%, додека само 4% очекуваат многу подобра состојба во индустријата во која работат.
Подготвени на реорганизација на работењето
Како да и се излезе во пресрет на тешката економска ситуација и што да се направи за полесно да се надминат проблемите во економијата? Ова се сигурно прашањата кои ги мачат сите македонски бизнисмени. На прашањето што планирате да преземете во компанијата која ја управувате за полесно да се надмине тешката економска ситуација и да се подобри работењето, дури 44% од анкетираните 208 бизнисмени одговориле дека планираат да го реорганизираат работењето. Зголемување на пласманот одбрале 23% од анкетираните. Намалување на трошоците за работна сила најавуваат 16% од анкетираните бизнисмени, додека 10% одговориле дека ќе ги намалат трошоците на производство. Промената на производната програма не е препознаена како опција за подобрување на работењето и полесно надминување на проблемите, бидејќи само 7% од анкетираните бизнисмени
www.kapital.mk
2015 година планирате да остварите извоз:
17
43%
Кои ќе бидат најограничувачки фактори за раст на вашиот бизнис во 2016 година:
многу помал
малку помал
приближно еднаков
13%
Бројот на вработени во 2016
12 година во однос на 2015 55%
24%
многу помал
5%
малку помал
16%
малку поголем
1%
приближно еднаков
Над 200 бизнисмени кои учествуваа во Анкетата Деловна 2016 година условите за водење на бизнис во 2015 година ги оценија едвај доволни, односно со просечна оценка 2,5
година планирате да биде:
многу поголем
тежок пристап до кредити
13% влошување на неликвидноста
неизвеснота на надворешни пазари
политичката криза
12%
8%
8%
6% малку поголем
32%
30%
многу поголем
35%
намалената куповна моќ
10
11
Капитал број 843/844/845 25.12.2015 Во 2016 година во однос на
Проценете колку вашата
13 компанија ќе инвестира во 2016
година во однос на 2015 година:
Статус кво во извозот и вработувањата
Во однос на извозот најголем дел од бизнисмените кои се анкетирани или 64% очекуваат статус кво или намалување. Стагнација или непроменета ситуација очекуваат дури 43% од бизнисмените кои одговориле дека во 2016 година извозот ќе им биде приближно ист како и годинава. Намалување на извозот очекуваат 21% од анкетираните бизнисмени. Една третина од анкетираните бизнисмени се надеваат на малку поголем извоз, додека само 6% очекуваат
малку помал
12%
16% многу помал
7% приближно еднаков
Најголем дел од анкетираните бизнисмени не очекуваат подобрување на проблемот со големата неликвидност. Дури 45% очекуваат проблемите со ликвидноста на терен да останат исти. Интересно е што 27% од анкетираните компании очекуваат мало подобрување на состојбите со ликвидноста во нивната компанија, а само 8% очекуваат многу подобра ситуација со ликвидноста. Околу 20% од анкетираните очекуваат влошување на неликвидноста во нивната компанија. И покрај лошите услови за водење бизнис кои ги живеат бизнисмените сепак се оптимисти кога станува збор за резултатите од нивното работење, односно веруваат дека тие можат следната година да бидат подобри ако ги превземаат потребните чекори. Тоа е уште еден показател за жилавоста и тврдоглавоста да се успее и издржи во лоши услови, кои ги красат македонските бизнисмени. На пример, најголем дел од анкетираните бизнисмени или 40% одговориле дека очекуваат следната година да остварат малку поголеми приходи од работењето. Голем е делот и на оние очекуваат приходите во новата деловна 2016 година да им останат
36% 29%
малку поголем
Неликвидноста ќе остане голема
исти. Вакви очекувања имаат 35% од анкетираните бизнисмени. Околу 17% од бизнисмените одговориле дека следната година очекуваат намалување на приходите од работењето. Изминатата 2014 година беше една од полошите години за фирмите кога станува збор профитабилноста, бидејќи дури 39% фирмите имале пад на профитабилноста, а дури 37% од фирмите работеле со загуба. Во однос на очекувањата за профитот во 2016 година, 39% од анкетираните одговориле дека следната година очекуваат тој да им биде ист или да стагнира. Високи 37% одговориле дека очекуваат малку поголем профит, додека само 7% очекуваат многу поголем профит следната година. Само 17% очекуваат намалување на профитот.
многу поголем
одбрале дека ова е излезно решение кон кое е добро да се премина во новата 2016 година.
која дејност припаѓа 14 На вашата компанија: 33%
Друго Информатичка технологија Финансиски сектор Земјоделство Транспорт и логистика Градежништво Трговија Преработувачка индустрија
7%
3% 2% 5%
18% 17% 16%
www.kapital.mk
Капитал број 843/844/845 25.12.2015
18
ДЕЛОВНА 2016
15
Кои се трите најважни одлуки кои сметате дека треба да се донесат во 2016 година за излез од кризата и подобрување на работењето и бизнис климата?
разрешување на политичката криза привлекување на странски директни инвестиции ограничување на траење на судските постапки решавање на неликвидноста
25% 5%
8% 13%
намалување на даноците и придонесите за работна сила
17%
намалување на јавната администрација полесен пристап до поволни бизнис кредити
поголем раст на извозот следната 2016 година. Во однос на бројот на вработени, очекувањата кај најголем број од фирмите се дека ситуацијата ќе остане иста. Дури 56% од анкетираните бизнисмени очекуваат дека бројот на вработени и во 2016 година ќе остане ист. Мало зголемување на бројот на вработените очекуваат 24% од анектираните бизнисмени, додека 21% од фирмите најавуваат намалување на бројот на вработени.
Бизнисот бара разрешување на политичката криза
Од вкупно 15 прашања кои им беа доставени на фирмите, најмногу одговори имаат прашањата со кои побаравме од бизнисмените да посочат каде ги гледаат најголемите пречки за водење бизнис и кои се најважните чекори и потези кои треба да се направат во 2016 година за подобрување на бизнис климата. На прашањето кои ќе бидат најограничувачки фактори за раст на бизнисот одговориле дури 287 бизнисмени. Најголемиот дел од нив или 35% од анкетираните бизнисмени сметаат дека најголемо ограничување на бизнисот во 2016 година ќе биде намалената потрошувачка моќ на
населението на домашниот пазар. За 32% од бизнисмените најголем ограничувачки фактор за раст на бизнисот е политичката криза во која Македонија е веќе заглавена веќе премногу долго. Влошувањето на неликвидноста ќе биде најголемо ограничување на раст на бизнисот за 13% од бизнисмените. За 12% од анкетираните бизнисмени најголема пречка за водење бизнис во 2016 година е неизвесноста на надворешните пазари. Само 8% од анектираните бизнисмени пречката за раст на бизнисот ја гледаат во тешкиот пристап до кредити. На прашањето за тоа кои се најважните одлуки кои треба да се донесат следната година за да му биде подобро на бизнисот одговориле најмногу бизнисмени, дури 487. Најголем дел или 25% сметаат дека најважно е да се разреши политичката криза. Интересно, но вториот чекор по важност, кој како опција го гласале најголем дел од бизнисмените е намалувањето на јавната администрација. Дури 19% од бизнисмените сметаат дека еден од приоритетите за во 2016 година мора да биде намалувањето на јавната администрација. Намалувањето на
19%
13%
даноците и придонесите е приоритет за 17% од анкетираните бизнисмените, кои сметаат дека треба да се направи во деловната 2016 година за да се подобрат условите за водење бизнис. Решавање на неликвидноста како важен приоритет ја гледаат 13% од анкетираните бизнисмени. Најмал број од анкетираните бизнисмени или само 5% одговорите дека привлекувањето на странски инвестиции треба да биде приоритет на кои треба да се работи во 2016 година.
Бизнисот ќе се финансира од сопствени пари
Планот на финансирање на фирмите останува ист. Односно и следната 2016 година најголем дел од фирмите ќе го финансираат работењето од сопствени извори. Дури 50% од анкетираните бизнисмени одговориле дека единствен извор на финансирање на работењето во 2016 година ќе им бидат сопствените средства. Повеќе од третина или 36% од анкетираните одговориле дека во 2016 година ќе го финансираат своето работење комбинирано, односно од сопствени извори и од банкарски кредити. Поразително е што само 10% од фирмите планираат работењето во 2016 година да го финансираат само преку кредити.
пишува: Биљана Здравковска стојчевска
Заробена иднина Било кој да биде на власт мора како главен приоритет да ја стави економијата. Веќе е крајно време да се престане со било каква популистичка реторика и политика. Тој популизам кој “бесплатно” им се сервисира на граѓаните не чини прескапо. Сите овие бесплатни ручеци и возења на кои ракоплескаа граѓаните, сите зголемувања на плати на администрација и зголемување на пензии, сите овие споменици и барокни фасади, не чинат многу. Тоа не се заработени пари. Тоа се пари кои со Македонија се задолжила и допрва треба да ги враќа во следните десетина години. Тоа е неодржлив модел. biljana.zdravkovska@kapital.mk facebook.com/biljana.zdravkovska
K
Крајот на годината е време кога во сите бизниси се подвлекуваат линии што е направено во текот на годината, што е пропуштено да се направи, се прават планови и се проектираат насоки по кои треба да се движи и управува бизнисот во текот на следната година. Изминатата 2015 година беше навистина тешка, не само за Македонија, туку и на регионално и светско ниво. Ова беше година во која еврото ја доживеа својата најголема криза, вести за економски падови и рецесии, година обележана со вести за терористички напади, бегалски кризи и сериозни политички предизвици и конфликти, што услови пораст на популизмот во многу земји. Македонските бизнис зад себе оставаат една навистина тешка година. Во Анкетата што Капитал ја спроведе во изминатиов месец и во која учествуваа над 200 бизнисмени и управители на фирми, изминатава година доби оценка едвај доволна. Условите за водење бизнис во 2015 година беа оценети со просечна оценка 2,5. Најголемиот од нив очекуваат статус кво, односно се уверени дека условите за водење бизнис во 2016 година ќе останат исти. Сепак резултатите од анкетата покажуваат дека бизнисмените се уште ја имаат жилавоста и тврдоглавоста која ги држи се уште во бизнисот. Очекуваат деловна 2016 година да биде тешка и напорна, но сепак гледаат шанса и надеж дека може да биде малку подобро. Можеби кога би ги прашале каква година на економски план би била 2020 година би биле целосни оптимисти. Веројатно затоа што во природата на секој кој одлучил да се занимава со приватен бизнис е да се надева секога дека следната година ќе биде подобро и поаѓајќи веројатно од тоа дека полошо од ова не може да биде. Во годинешното прво од ваков тип истражување на Капитал, бизнисмените како прв приоритет во 2016 година го сметаат разрешувањето на политичката криза, за кое сметаат дека заедно со намалената куповна моќ на населението ќе биде најголемиот ограничувачки фактор за водење на бизнисот во новата година. Како втор приоритет каде треба да се делува за да се олесни работењето на приватниот бизнис го посочуваат намалувањето на јавната администрација, додека трет приоритет е посочен намалувањето на даноците, придонесите и другите давачки кои ги оптеретуваат фирмите. Четврт приоритет каде што мора да се делува е наведено решавањето на неликвидноста. Интересно, но најмалку од анкетираните бизнисмени, само 5%, сметаат дека привлекувањето на странски инвестиции треба да
КапиталНО Економскиот и политичкиот модел на Македонија е неодржлив. Колку порано го сфатиме тоа и го промениме, толку ќе биде полесно да направиме чекор напред. Во спротивно, многу брзо ќе се соочиме со вистината дека иднината ни е заробена и дека немаме баш што многу да направиме за да го промениме тоа. Можеби, многу од оние кои заминале од Македонија се соочиле со оваа вистина порано, и го направиле единствениот чекор кој останува да се направи. биде приоритет за власта во новата 2016 година. Ова се прилично јасни пораки за тоа што бизнисмените очекуваат од политичарите. На бизнисмените им е сосема неважно кој е на власт. Дали ќе се формира заедничка влада или која партија кое јавно претпријатие ќе го добие. Ним им е важно само да заврши ова заложништво во кое се држи државата и сите политички и економски процеси. Оваа ситуација на неизвесност и блокада веќе трае премногу долго и ги блокира сите одлуки. Сите одлуки за инвестиции, за вработување, за освојување на нови пазари се одложуваат за некои подобри времиња, а неизвесноста им ги јаде и последните резерви. Банкарите кои најдобро го чувствуваат крвотокот на економијата сведочат дека неизвесноста во која се наоѓа земјата најмногу ги погодува фирмите, бидејќи се потешко ги наплаќаат кредитите кои им ги дале на фирмите, кои некогаш имале големи планови. Клучното прашање е како може да биде подобро? Македонскиот економски модел темелен на државни инвестиции на задолжување за покривање на јавната потрошувачка се чини ги троши последните резерви. Во изминатите пет години јавниот долг на Македонија е зголемен двојно, и веќе во 2016 година се очекува тој да надмине 50%. Тоа е веќе приближување на црвените линии за Македонија. На Македонија очајно и е потребен нов економски модел кој ќе биде темелен на повеќе приватни инвестиции и извоз. Но, засега не гледаме ниту најави за трансформација кон таков модел. Македонија оваа година ја завршува економски исцрпена повеќе од било кога. Сакале да признаеме или Македонија тоа е една од клучните причини заради која иселувањето од земјава веќе
станува многу масовно. Секој втор млад човек после завршувањето на факултетот размислува да замине од Македонија, а една третина никогаш не би се вратиле назад во Македонија. Ова е очајни податоци кои алармираат дека мора нешто да се промени. Мора нешто да се случи што ќе не помести од падот во провалија по кој одиме. Нешто што ќе не разбуди од лошиот сон. За жал излезот од оваа ситуации е само еден. Одлучни и итни реформи на целиот систем во корист и интерес на реалниот сектор, на индустријата и на приватните бизниси, во корист на оние кои се осмелуваат да инвестираат и да извезуваат. Било кој да биде на власт мора како главен приоритет да ја стави економијата. Веќе е крајно време да се престане со било каква популистичка реторика и политика. Тој популизам кој “бесплатно” им се сервисира на граѓаните не чини прескапо. Сите овие бесплатни ручеци и возења на кои ракоплескаа граѓаните, сите зголемувања на плати на администрација и зголемување на пензии, сите овие споменици и барокни фасади, не чинат многу. Тоа не се заработени пари. Тоа се пари кои со Македонија се задолжила и допрва треба да ги враќа во следните десетина години. Тоа е неодржлив модел. И колку порано го сфатиме тоа и го промениме, толку ќе биде полесно да направиме чекор напред. Во спротивно, многу брзо ќе се соочиме со вистината дека иднината ни е заробена и дека немаме баш што многу да направиме за да го промениме тоа. Можеби, многу од оние кои заминале од Македонија се соочиле со оваа вистина порано и го направиле единствениот чекор кој останува да се направи. nnn
Капитал број 843/844/845 25.12.2015
22
www.kapital.mk
Деловна 2016
бизнис плановите на макеДонските фирми за 2016
слеДи Уште еДна тешка гоДина 2015: Условите за воДење бизнис се влошени
www.kapital.mk
Капитал број 843/844/845 25.12.2015
23 Бизнисмените бараат поголема предвидливост и стабилност на системите, уште поголемо поедноставување на процедурите, не така често менување на законските регулативи и еднакви услови за бизнис за сите компании кои инвестираат и извезуваат, без разлика дали се домашни или странски. Сепак, очекувањата на бизнисмените за 2016 година се чини најмногу се условени со неизвесноста како ќе се разреши политичката криза во Македонија. Најголемиот дел од бизнисмените и управителите на фирми кои учествуваа во Анкетата на Капитал сметаат дека најважен потег кои треба да се направи следнава година за поголем раст на бизнисот е брзо разрешување на политичката криза.
К пишува:
Биљана Здравковска Стојчевска biljana.zdravkovska@kapital.mk
Што очекуваат бизнисмените во 2016? XXпредвидливи и еднакви услови за бизнис XXда се надмине честото менување на законите XXподдршка и субвенции на домашните извозни компании XXпомош за отворање на нови пазари XXзаштита од нелојален увоз XXподобрување на ликвидноста XXзаконите да важат и за државните фирми XXнамалување на бирократијата XXданочни олеснувања за сите инвеститори XXповолни кредити
Крајот на годината е време кога во сите бизниси се подвлекуваат линии што е направено во текот на годината, што е пропуштено да се направи, се прават планови и се проектираат насоки по кои треба да се движи и управува бизнисот во текот на следната година. Но, водењето на бизнис во услови на целосна неизвесност е многу тешко. Македонската економија веќе годинава почна за забавува. На крајот на годината слушнавме дека економијата нема да расте со стапка од 4% како што владата планираше, туку со 3,2%. Политичката криза, неизвесноста на светските пазари, намалените цени на металите се само некои од факторите кои ќе продолжат да го забавуваат и отежнуваат работењето на македонските
компании. Но, прашањето за очекувањата во 2016 година не смее да се сведе само на прашањето за стапката на економски раст. Во време кога бизнисот е заробен премногу долго во неизвесност, Капитал одлучи да направи анкета помеѓу бизнисмените, сопствениците и директорите на големите, средните и мали фирми во Македонија за да ги слушнеме нивните очекувања за економијата, индустријата во која работат и за компанијата за следната година. Ги прашавме главните менаџери за бизнис плановите на компаниите кои ги управуваат, за мерките и деловните потезите кои планираат да ги реализираат следната година. Бизнисмените кои ги дадоа своите очекувања и кои ги споделија со читателите на Капитал нивните бизнис планови за следната деловна 2016 година се трезвено реални, бидејќи знаат дека плановите не се стратегија, дека бројките кои ќе ги стават на хартија во реалност може и да не се остварат од кој знае какви причини. Условите за водење бизнис во Македонија се многу влошени. Тоа го потврдуваат речиси сите бизнисмени и банкари. Изминатата година беше полна со чести и ретроактивни измени на законите, фирмите работеа во клима без однапред познати, цврсти и трајни правила на игра, во услови кога заради политичките случувања сите процеси во државата се блокирани без извесност дали и како ќе се надминат.
www.kapital.mk
Капитал број 843/844/845 25.12.2015
24
Деловна 2016
година полна со неизвесност
Од очекувањата на бизнисмените и банкарите 2016 година ќе биде полна со предизвици и со можеби уште поголеми неизвесности. Според сите најави, 2016 година се очекува повторно да биде една тешка деловна година како во локални рамки, исто така и во регионални и во глобални рамки. Процесите на „затворање“ на националните економии кои започнаа во 2015 година се повеќе ќе ги отежнуваат условите за работа. Иако се веќе истоштени од работење во вонредни и кризни услови, македонските бизнисмени успеваат да го задржат умерениот и реален оптимизам без кои веројатно одамна би излегле од приватниот бизнис или би го префрлиле нивниот бизниси надвор од границите на Македонија. Повеќето бизнисмени предупредуваат на итноста за решавање на политичката криза, на влошената неликвидност, на потребата за поддршка и стимулации за фирмите за инвестиции и извоз. Оние кои веќе се одлучиле да влезат во преструктуирање и нови инвестиции, тоа го прават со сопствени средства, плашејќи се да не заглават во банка. Извозните компании покрај со проблемите од домашниот пазар се оптоварени и со неизвесноста во која е заглавена и светската економија. Повеќето се плашат дека дополнителното заострување или отворање нови политички конфликти на светски план директно ќе влијаат на влошување на економските текови, што може да резултира со ограничувања и бариери на движењето на стоки, ценовни флуктуации, нетипични осцилации на вредностите на националните валути и слично. Затоа потенцираат дека во услови на голема неизвесност на странските пазари, треба да се посвети поголемо внимание на домашните политики за зголемување на конкурентноста на домашните компании. Бараат поголема предвидливост и стабилност на системите, уште поголемо поедноставување на процедурите, не така често менување на законските регулативи и еднакви услови за бизнис за сите компании
Додека извозот во слободните економски зони расте, и како резултат на тоа дури 45% од целиот извоз на земјата оди во Германија, останатите извозни индустрии се соочуваат со намален извоз
кои инвестираат и извезуваат, без разлика дали се домашни или странски. Очекувањата на бизнисмените за 2016 година се чини најмногу се условени со неизвесноста како ќе се разреши политичката криза во Македонија. Најголемиот дел од бизнисмените и управителите на фирми кои учествуваа во Анкетата на Капитал за очекувањата за 2016 година сметаат дека најважен потег кои треба да се направи следнава година за поголем раст на бизнисот е разрешување на политичката криза. И во најпозитивна разрешница, ако се одржат избори на 24 април, објективно изборната година не е добар сојузник на економијата. Во случај на лоша разрешница тоа би било голем проблем за сите компании
кои најмногу ќе ја почувствуваат кризата, а последично и граѓаните на Македонија. Во таков случај, македонските извозните компании ќе бидат директно и најмногу погодени бидејќи странските партнери ја губат довербата и сигурноста во нивната способноста да одговорат на обврските. Намалувањето на извозот потоа ќе повлече сосема други политики и мерки и нови фискални и монетарни рамки во кои ќе треба да се движи Македонија за да може редовно да го сервисира јавниот долг, кој само во изминативе пет години беше двојно зголемен. ги прашавме бизнисмените да ги споделат нивните очекувања и бизнис плановите за 2016 година. uu
2016: најголема неизвесност оД политичката криза
www.kapital.mk
Капитал број 843/844/845 25.12.2015
26
ДЕЛОВНА 2016
На македонските бизнисмени им ги поставивме следните прашања: } Што очекувате во работењето на Вашата компанија од деловната 2016 година и кои се вашите прогнози за индустријата во која работите и целата економија? } Кои се најголемите опасности на економски план за следната 2016 година? } Што очекувате во 2016 година од економската политика, посебно на полето на даночната политика, вработувањето, извозот, инвестициите..? Односно кои мерки сметате дека треба да се донесат кои би можеле да ги подобрат условите за водење на бизнис? } Кои потези и одлуки планирате да ги преземете во деловната 2016 година за да го подобрите работењето на вашата компанија?
Еве ги нивните одговори и очекувања за Деловната 2016 година Живко Мукаетов I генерален директор и претседател на Управниот одбор на Алкалоид
Целосно сме посветени на развојот на нови производи и ширење на пазарите Наша основна цел е да ги оствариме зацртаните планови за 2016 година кои предвидуваат повторно раст од околу 5% до 6%, со што ќе се овозможи продолжување на деценискиот континуиран раст на Алкалоид.
П
очетокот на новата деловна година вообичаено е пропратен со различни неизвесности и нови предизвици. Според сите најави, 2016 година се очекува повторно да биде една тешка деловна година како во локални рамки, исто така и во регионални и во глобални рамки. Процесите на „затворање“ на националните економии кои започнаа во 2015 година се повеќе ќе ги отежнуваат условите за работа. Во нашата индустрија како предизвици се очекуваат понатамошниот притисок на цените на лековите, ликвидноста на здравствените фондови, најразлични регулаторни ограничувања кои се јавуваат на глобалниот пазар и слично. Ние се обидуваме сепак да гледаме оптимистички на новата година, имаме детално зацртани планови на продажби на постојните
и на нови пазари, имаме сериозна развојна програма на нови производи, а воедно и прецизен план на инвестициони вложувања со кои треба да се остварат сите предуслови за иден раст на компанијата. Наша основна цел е да ги оствариме зацртаните планови за 2016 година кои предвидуваат повторно раст од околу 5% до 6%, со што ќе се овозможи продолжување на деценискиот континуиран раст на Алкалоид. Воедно, 2016 година е јубилејна година за Алкалоид АД Скопје во која ќе го обележиме 80
годишното постоење на компанијата, што ни дава и еден дополнителен мотив за напредок во сите сегменти од работењето. Како компанија која е присутна на повеќе од 30 пазари во светот, најголемите опасности ги гледаме токму во глобалните процеси, кои секако имаат своја рефлексија и на регионално и локално ниво. Дополнително заострување или отворање нови политички конфликти на светски план директно ќе влијаат на влошување на економските текови, што може да резултира со ограничувања и бариери на движењето на стоки, ценовни флуктуации, нетипични осцилации на вредностите на националните валути и слично. Во услови на влошени глобални економски текови, потребно е соодветно поставување на внатрешните системи со кое ќе се овозможи поголема конкурентност и флексибилност на домашните
компании. Потребно е поголема предвидливост и стабилност на системите, уште поголемо поедноставување на процедурите, не така често менување на законските регулативи и зголемена ефикасност на сите фактори вклучени во економските процеси. Гледано на микро план, во нашата компанија сме фокусирани на рационализација и оптимизација на деловните процеси. Целосно сме посветени на развојот на нови производи и континуирано проширување на пазарите на кои сме присутни. Одлуките се во правец на максимална диверзификација на ризиците од работењето, како и намалување на нивниот интензитет. Инвестираме постојано во човечкиот потенцијал и во нови технологии и осовременувања. Целта е да ја одржиме конкурентноста на нашите висококвалитетни производи. nnn
www.kapital.mk
Капитал број 843/844/845 25.12.2015
27 Кочо Анѓушев I претседател на Феро инвест
Потребно е да поддржи извозот Потребно да се поддржи извозот, пред се преку осигурување на наплатата. Тоа ќе ги направи македонските компании рамноправни со компаниите од другите земји во регионот, кои ја имаат таквата поддршка.
С
о оглед на тоа што моите компании се активни во три различни дејности, не може да се генерализира состојбата за сите области. Затоа ќе Ви одговорам за секоја област поодделно. Во делот на металната индустрија БРАКО ја градеше стратегијата да биде доминантно извозна компанија и да има соработка со стабилни партнери во што е можно повеќе држави. БРАКО извезува во 21 држава со што ризикот е значително дисперзиран, па од тука очекуваме дека и следната година ќе биде стабилна.
Се надеваме на две нови соработки со нови партнери, што би требало да придонесе за зголемувањето на прометот и следната година, исто како и во 2015 година, во која БРАКО оствари зголемен промет од 12%. Во делот на малите електрани, очекуваме да го отпочнеме градењето на четири нови проекти, но тие ќе бидат завршени во 2017 година. Во делот на снабдувањето со електрична енергија очекуваме зголемување на бројот на клиенти во Македонија, но исто така и во другите држави каде ЕДС работи. Тука ризик фактор е
намалувањето на цените на металите на светските берзи, што може да предизвика намалена активност на металуршките компании, а со самото тоа и намалување на конзумот на електрична енергија.
Затоа како најголем ризик фактор за работењето во 2016 година ги гледам цените на металите, како и падот на останатите цени. Во однос на очекувањата за 2016 година од економската политика, ценам дека е потребно да се поддржи извозот, пред се преку осигурување на наплатата преку Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) или некоја слична институција или банка. Тоа ќе ги направи македонските компании рамноправни со компаниите од другите земји во регионот, кои ја имаат таквата поддршка. nnn
Константинос Даскалакис I генерален директор на Фени Индустри
Неизбежни се загуби од ниските цени на металите Бидејќи времето е клучниот збор во оваа равенка, во меѓувреме опстанокот налага сериозно кратење на трошоци и производство и воведување на иновативни трошковно ефективни технологии.
В
о последните два месеци од годината се соочуваме со најниски цени на никелот во последната декада, кои следат после надолен тренд што беше актуелен во текот на целата година. Меѓутоа, никелот не е исклучок, сите берзански стоки бележат ценовен пад исто така, но уште поважно исто и горивата, јаглените и другите енергенси и суровини, и поврзаните индустрии, што всушност оди во прилог на металите, бидејќи тие го сочинуваат најголемиот дел од производната цена. Проблематично е што падот на цените на вториве не го следи во чекор падот на цените на металите, оттука загубите се неизбежни. Но, сепак во прашање е само време кога повторно ќе се воспостави еквилибриумот
цена наспроти трошок. Од денешна перспектива, јасно е дека се создаде ценовен балон врз база на нереални проекции за раст на глобално ниво што не се остварија, но резултираа во вишок на понуда, така што сега пазарот се движи кон друга крајност што налага ребаланс на соодносот цена - трошок, како и на соодносот понуда и побарувачка, што значи
неопходно е намалување на производството, кое што производителите нерадо го прават, но е неизбежно. Поради ова не очекувам дека цените ќе ги достигнат нивоата што ги имаше во изминатите три-четири години, туку очекувам воспоставување на нов пазарен баланс кој ќе значи пониски цени и трошоци, а на крај ќе резултира во економско заздравување кое што ни е потребно. Исто така, треба да се земе предвид фактот дека американскиот долар е прилично силен, што повторно оди во прилог на бизнисите и на целокупниот процес на заздравување. Но, ќе подвлечам, бидејќи времето е клучниот збор во оваа равенка, во меѓувреме опстанокот налага сериозно кратење на трошоци и
производство и воведување на иновативни трошковно ефективни технологии. Нашата предност е што во текот на изминатите години остваривме значајни инвестиции во такви технологии, така што сега припаѓаме во групата на “low cost“, односно производители со низок трошок, што нé прави многу пофлексибилни и поотпорни на овие ценовни шокови, во споредба со повеќето производители на никел кои се присилени да размислуваат за сценарија на затварање. Очекувам 2016 година да биде голем предизвик, особено во првите шест месеци, но на ниво на компанија веќе имаме превземено бројни потребни дејствија, а и други прилагодувања се во тек, со цел да го премостиме критичниот период. nnn
www.kapital.mk
Капитал број 843/844/845 25.12.2015
28
ДЕЛОВНА 2016
Сашо Наумовски I генерален директор на Витаминка
Влегуваме во процес на големи инвестиции Во прехранбената индустрија е потребна помош за отворање на нови пазари надвор од нашите граници и заштита на домашните производи на македонскиот пазар.
К
ога давате прогнози најчесто тие се темелат врз основа на претходните години и движењата на пазарот во тој период. Може да се каже дека во моментов е тешко да се даде проценка за развојот на индустријата, но за Витаминка со сигурност може да прогнозирам дека ќе се движиме кон подобри резултати од оние постигнати во 2015 година. Влегуваме во процес на реализација на крупни инвестиции во делот на производството и се надеваме дека новите инвестиции ќе донесат нови можности.
За економската клима секогаш е лошо кога има политички превирања. Секогаш кога има политичка нестабилност има и нестабилност во економијата. Треба да се има предвид
дека од големо значење е и нашата интеграција во европската унија каде се јасни законските регулативи што треба да се следат. Од друга страна, проблем за македонските производители е што треба да се најде начин да се заштитиме од странските производи. Во исто време имаме големи проблеми на регионалните пазари каде се штитат домашните производи на сметка на македонските. Нема некој баланс во односите, а тоа е на наша штета. Не можам да зборувам за движењата во економијата во
Македонија во целост, бидејќи секоја индустрија има свои проблеми и се соочува со разни предизвици. Во нашата индустрија е потребна помош за отворање на нови пазари надвор од нашите граници и заштита на домашните производи на македонскиот пазар. Секое зголемување на добивката, пак, на компаниите им дава можности за инвестиции, а со тоа и отворање на нови работни места. Витаминка одбележува 60 години од постоење. Оваа, 2016 година ќе биде година на Витаминка пред се поради јубилејот. nnn
Златко Симоновски I генерален директор на Факом
Потребна е максимална поддршка на домашното извозно стопанство Странските инвестиции се потребни, нема дилема, но тие се само шлагот на тортата, додека тестото на тортата се домашните, посебно извозно насочени компании.
Н
ашата компанија како извозно ориентирана компанија континуирано работи на зголемување на извозот. После неколку последователни години на стагнација, минатата 2015 година почувствувавме извесно подобрување кое ни дава надеж дека тоа темпо ќе продолжи и нареднава година. Нашата индустриска гранка долго време ги чувствуваше последиците од кризата од една страна и тесно зависи од состојбите и движењата на меѓународниот пазар, од друга страна. За жал мора да констатираме дека европската економија е се уште кревка и не е заздравена од кризата која што перманентно беше присутна изминативе неколку години. Конкурентската борба на пазарите ширум Европа ќе продолжи и во наредната година и само компаниите кои поседуваат нови развојни технолошки програми, висок квалитет на производите, брза и навремена испорака и се
разбира конкурентни цени ќе може да се надеваат на дел од колачот на овие пазари. Исто така и наредната година продолжуваме да бараме алтернативни пазари во земјите од Блискиот Исток и Африка кои овозможуваат влез во големи долгорочни проекти многу значајни за долгорочно планирање на развојот на компанијата и кои што овозможуват сигурност во работењето. Иако некои внат р ешно политички проблеми понекогаш знаат негативно да се одразат на економското и пред се финансиско работење на компаниите, сепак нашите предвидувања говорат дека во 2016 година би требало барем да го одржуваме темпото со кое работевме минатата година. Иако се чувствува ублажување од кризата, сепак остануваат некои негативни ризици: кризата со мигрантите значително ги отежна состојбите кај речиси сите евр опски земји, па нестабилноста на европскиот
пазар се очекува да продолжи и наредната година. Влијание има и се уште нерешените финансиски проблеми со некои европски земји, како Грција. Ликвидноста е проблем што ги мачи македонските компании веќе подолг временски период. Законот за финансиска дисциплина мора да важи за сите компании без оглед дали се од приватниот или од државниот сектор. Вака како што денес функционира законот, државните компании се привилегирани во однос на приватните.
Потребно е да се обезбедат еднакви услови за стопанисување на сите пазарни субјекти, без разлика дали се приватни, домашни, странски компании или државни и јавни претпријатија. Стравот да не се оди во динамизирање на стопанскиот развиток за да не се наруши приодот на остварување на стабилен, а не реален девизен курс на денарот и на идеализирана, а не реална стапка на инфлација, го води стопанството во рецесија и статичка стабилност. Потребна е максимална поддршка на домашното извозно стопанство и тука државата треба да ја бара основата за стабилна економија и динаминизиран стопански развој. Странските инвестиции се потребни, нема дилема, но тие се само шлагот на тортата, додека тестото на тортата се домашните, посебно извозно насочени компании. nnn
www.kapital.mk
Капитал број 843/844/845 25.12.2015
29 Ванчо Чифлиганец I генерален директор на Адора инженеринг
Продолжуваме со инвестиции вредни 50 милиони евра Во 2016 година треба да се задржи досегашната стабилна монетарна политика, да се задржи стабилниот цврст курс на денарот и да остане и натаму стабилен банкарскиот сектор во државата.
В
о 2015 година Адора инженеринг ги реализира најголемите инвестиции во своето 14 годишно работење, со проекти вредни 50 милиони евра вложени во изградба на 1.000 нови станови во неколку објекти во централното подрачје на Скопје. Во време на перманентна глобална криза, овој потврден градежен бренд во 2015 година забележа за 400 % поголема изградба на станови споредено поединечно, со просекот од претходните 12 години. Со храбри одлуки, купувајќи скапи градежни локации и вредни инвестициски проекти, Адора инженеринг во 2015 година е најголем инвеститор во вкупната високоградба во Македонија, каде оваа компанија учествува со 10% во вкупната изградба на станови во Македонија. Во 2016 година продолжуваме со реализација на нашиот
најкрупен и најзначаен инвестициски проект досега, изградбата на уникатниот станбено-деловен комплекс Адора Flatiron Скопје, кој во централната урбана зона на Скопје го носи духот на Њујорк и единствениот стил на квалитетно домување како и можности за бизнис од светски ранг. Адора инженеринг во 2016 година ќе продолжи со реализација на инвестиците проекти од 50 милиони евра започнати во 2015 година, а ќе започне и со нови инвестиции. Во 2016 година сметам дека не смее да има нарушувања и дека треба да се задржи и натаму досегашната стабилна монетарна политика што во Македонија се одржува повеќе од две децении, да се задржи стабилниот цврст курс на денарот и да остане и натаму стабилен банкарскиот сектор во државата.
Во градежниот сектор верувам дека ќе продолжи и натаму поволната бизнис клима во високоградбата, институциите на државата и општините треба да бидат вистински сервис на бизнис заедницата и граѓаните, а во амбиент на стабилна монетарна политика, банкарскиот сектор да продолжи да ги сервисира граѓаните со поволни станбени кредити за купување на нови станови. Во наредната година, во Адора
инженеринг размислуваме за нов правец на развој, но не по секоја цена, со оглед дека се уште има добри услови за развој и просперитет во областа на високоградбата. Во рамките на компанијата планираме во иднина да посветиме поголемо внимание на преиспитување на ефикасноста во ангажирањето на секој субјект, со цел да се обезбеди навремено и одговорно извршување на конкретните обврски на вработените за реализирање на големите инвестиции, да ги намалиме непотребните трошоци, да се работи подомаќински, а можни се и мерки на рационализација. Главниот фокус и во 2016 година Адора инженеринг ќе го стави на подигнување на квалитетот на работењето во функција на задоволување на потребите и желбите на нашите купувачи“. nnn
Златко Муцунски I директор на Порше Македонија
На Македонија и требаат добри работодавачи Во вакво турбулентно време иднината е мошне тешко да се предвиди, а опасности демнат и онаму каде што не очекувате.
З
а нас единствен правец е нагоре, па така за нашата компанија 2016 година очекувам да е уште поуспешна од 2015 година, да одиме нагоре и со бројки на продадени возила и со бројки на нови клиенти, секогаш освојувајќи нови врвови, бидејќи ние секоја година критериумите ги креваме уште повисоко од претходната, како единствен начин да се исполни нашата единствена цел - постигнување потполно задоволство на клиентите. Во вакво турбулентно време иднината е мошне тешко да се предвиди, а опасности демнат и онаму каде што не очекувате. Дали невработеноста или политичките превирања
или меѓуетнички конфликти, што да очекуваме дека ќе ја парализира економијата овој пат? И на глобално ниво има претпоставки за апокалиптични последици кои се уште се главен непријател за сите идни планови за раст и развој. Но, ние долги години веќе се
справуваме со неповолната ситуација, и покрај тешките услови за функционирање со својот квалитет и врвна услуга успеавме да ги задржиме нашите клиенти и да го зголемиме нивниот број, бидејќи во сивилото на кризата во нас гледаат партнер од доверба и секогаш при потрага по нов автомобил,се враќаат во нашиот салон. Имаме избори во најава и сметам дека кој и да го превземе кормилото на државата и од сега, како и до сега, ќе работи на подобрување на економската политика и ќе ги превземе сите потребни мерки за истото. Можеби јас би предложил дополнителни
олеснувања за странските инвеститори, намалување на бирократијата... На Македонија и требаат добри работодавачи за да може да го фати чекорот со развиениот свет. Во однос на тоа што ние како компанија ќе направиме во 2016 година за да го подобриме работењето, ќе кажам дека како и досега планираме да продолжиме со давање врвна услуга на клиентите, со носење на врвни модели од нашите брендови, со надминување на нивните барања и потреби. Досега тоа се покажа како вистинска формула за успех, а ние имаме и одличен тим на вработени за да ја спроведеме. nnn
www.kapital.mk
Капитал број 843/844/845 25.12.2015
30
ДЕЛОВНА 2016
Трајан Ангелески I директор на Ариљеметал
Потребни се даночни олеснувања кај фирмите кои инвестираат Најголемата опасност за следната година е намалувањето на ликвидноста на фирмите, како резултат на изборите кои треба да се спроведат во април при што доаѓа до застој на плаќањето од државата кон компаниите.
В
о 2016 година очекуваме натамошен раст на прометот, како и зголемување на нашиот удел во вкупниот промет со сврзувачки елементи и останати машински делови на ниво на Македонија. За следната година планираме зголемување на извозот на нашите готови производи на пазарот на ЕУ за најмалку 50%. Најголемата опасност за следната година е намалувањето на ликвидноста на фирмите, како резултат на изборите
кои треба да се спроведат во април при што доаѓа до застој на плаќањето од државата кон компаниите, во ситуација кога таа е најголем инвеститор преку бројните инфраструктурни проекти кои се работат. За да се подобрат условите за бизнис неопходно е да се направат даночни олеснувања кај фирмите кои инвестираат. Не смее рефинансирана добивка да се оданочува. Треба да се размислува за некои производи од индустријата да се доделат субвенции
за извоз, затоа што како мал пазар трошиме мали количини на репроматеријали и со самото тоа имаме повисоки влезни цени.
Впрочем, ако може да има субвенции во земјоделството зошто да нема и во компаниите од индустријата кои се извозно ориентирани. Ќе продолжиме со инвестирање во нова најсовремена опрема како и во изградба на нови производни капацитети. Исто така продолжуваме со прием на нови високообразовани стручни кадри, како и дообука на постоечките преку посета на семинари и курсеви кај специјализирани компании. Исто така, во план е отварање на обучен центар во рамките на Ариљеметал. nnn
Герасим Ванчев I директор на Семос
Опасност од неликвидност Доколку сакаме значајно да се подобри бизнисот, истиот мора да биде помогнат со кредити, а посебно извозните фирми на кои основен продукт им е услуга
З
а жал мора да кажам дека очекувам потешка година од 2015 година за целата економија во Македонија, а со самото тоа и за ИТ индустријата, а посебно за оние ИТ фирми кои работат само за македонскиот пазар и не се извозно ориентирани. Според мене, најголема опасност за 2016 година е тоа дека компаниите ќе имаат тешкотии со враќањето на кредитите, ќе мора да земаат нови, а банките не ќе имаат можност да ги следат. Со самото тоа, постои опасност голем број компании да бидат неликвидни, а сето тоа за жал ќе се одрази и на некои банки. Ова посебно ќе се случи ако не се најде начин нашата економија да го зголеми извозот во странство и ако не дојдат значајни инвестиции. Очекувам значајно да се поддржи извозната економска политика. Даночната политика да остане иста, вработувањата да не бидат само во
администрација и во странските инвестиции со ниски плати. Извозот мора значително да расте, ова е приоритет. Инвестициите во Македонија да се зголемат за да дојде до зголемување на платите и зголемување на износот на додадена вредност на производите и услугите кои се извезуваат. Различни се мерките во различни гранки кои треба да се донесат, но се сведува на тоа дека доколку сакаме значајно да се подобри бизнисот, истиот мора да биде помогнат со кредити, а посебно извозните фирми на кои основен продукт им е
услуга. На пример, фирмите што прават профит од извоз за услуги 3 години по ред, да им се даде кредит колку што е износот на годишниот профит, кој ќе се враќа на повеќе години и со можност да не се плаќа камата, доколку истата фирма го зголемува извозот за 20% годишно. Друга мерка, на големи тендери кои што ги добиваат странски фирми, во изведбата да мора да учествуваат македонски компании, со најмалку 40% од обемот на работите. Следната 2016 година планираме по секоја цена да го зголемиме извозот, бидејќи очекуваме македонската економија да паѓа, а со тоа нема да може да ги апсорбира нашите производи и услуги. Ние работиме на доразвивање на нашите продукти кои се потребни на странските пазари, зголемување на стручните вештини на вработените и прилагодување на истите според потребите на
регионот и глобалниот пазар. Во Македонија ќе се задржиме со наши програми од областа на финансискиот сектор (банки, осигурителни куќи...), а во македонските средно-големи компании од областа на трговијата и производство ќе ги нудиме нашите продукти за Е-comerce, CRM, БуџетирањеКонтролинг, HR, Портал и Документ Менаџмент Систем... nnn
www.kapital.mk
Капитал број 843/844/845 25.12.2015
31 Благоја Дончев I генерален директор на Адинг
Економијата е само инструмент во рацете на политиката На бизнисот му требаат "нормални услови и мирно море" и тогаш тој ги покажува своите потенцијали.
А
динг оваа 2015 година инструмент во рацете на присутен повеќе од 20 години. ќе ја заврши успешно политиката, која ги трпи Нашата определба да над очекуваното, импровизациите, нереалните инвестираме во Бугарија односно планот ќе биде ветувања, избрзаните и е предноста на држава реализиран за повеќе од 25%, популистички одлуки, закони во ЕУ, а со тоа Адинг се а добивката очекуваме да и сл. појавува со производство биде поголема од минатата На бизнисот му требаат од ЕУ што перспективно 2014 година. "нормални услови и мирно носи многу предности. Во Тоа се должеше на море" и тогаш тој ги покажува нашиот Бизнис план за 2016 зголемените активности своите потенцијали. Зборувам година ги дефиниравме во градежништвото на и мислам на бизнис на долги приоритетите - пазарите домашниот пазар, како и патеки - инвестирање, развој кои беа носечки во оваа на странскиот каде Адинг и стратегија во држава година, Македонија, Србија, производство на прашкасти е долги години присутен. која ќе обезбеди услови и Бугарија, Казахстан и Косово. Нашиот Бизнис план за рамноправен третман на сите производи која ќе ја пуштиме Очекуваме зголемување на во првата половина на наредната 2016 година компании на пазарот. пласманот во БиХ, Црна Гора годината. го донесовме исто така Нашата компанија е извозно и новите пазари Шведска и Целта е да го покриеме оптимистички со очекувања ориентирана и тоа ќе Либија (доколку се разреши пазарот во Бугарија и дека ќе го реализираме. продолжи и во 2016 година. состојбата во таа земја) и Романија, како и полесен Оптимизмот се должи пред Во Бугарија го проширивме ќе ја пратиме можноста за транспорт на нашите се на извозот и присутноста производниот капацитет во враќање во Хрватска, Русија, производи на пазарот во во државите од регионот градот Перник до Софија, Албанија, Иран и Романија, Казахстан поради добрите Бугарија, Србија, Косово, инвестирајќи повеќе од каде поради лошите бизнис сообраќајни врски со како и во далечниот 250 илјади евра во нова услови привремено се таа земја во која Адинг е Казахстан. технолошка линија за повлековме. nnn Нашиот оптимизам за 2016 година е условен со LENOVO® H50-50 неизвесноста како ќе се разреши Персонален компјутер со политичката криза во Македонија. И најнова генерација на процесори во најпозитивна Прифатливиот LENOVO® H50-50 десктоп е уникатна комбинација на повеќе-јадрено процесирање и на разрешница, карактеристики за семејна или канцелариска употреба. објективно изборната година не е добар сојузник на економијата. Во случај на лоша разрешница тоа би било голем проблем за сите компании кои најмногу ќе ја почувствуваат кризата, а ПЕРФОРМАНСИ ОПТИМИЗИРАН ЗА ACCUTYPE последично и ЗА БРЗА РАБОТА МУЛТИМЕДИЈА ТАСТАТУРА граѓаните на Најнова генерација 5.1-канално аудио и Посебно заоблени Македонија. на повеќе-јадрени DVD читач/снимач за копчиња за удобно процесори. извонредна забава. и точно пишување. Во таков случај и извозните компании ќе бидат директно погодени бидејќи ПЕРФОРМАНСИ Дисков простор се губи довербата Процесор 500GB HDD (7200 rpm) и сигурноста на Intel® Core™ i3-4170 Processor (3M Cache, 3.70 GHz) Оптички уред ЦЕНА способноста да Оперативен систем ДВД читач/снимач Windows 8.1 Professional се одговори на IdeaCentre H50-50: 90B600HSRI Меморија ГАРАНЦИЈА обврските. 4GB DDR3, надградлива до 16GB DDR3 (2 x DIMM) 2 години 30.590,oo ден. 29.390,oo ден. Моите очекувања за 2016 година не се големи, напротив, ИНет доо ИНет доо A: Атинска 12 - Скопје во еден сегашен Lenovo Авторизиран T: 02/ 3090.625 Сервисен Партнер политички момент, W: www.inet.com.mk E: sales@inet.com.mk Services E: services@inet.com.mk економијата е само
www.kapital.mk
Капитал број 843/844/845 25.12.2015
32
ДЕЛОВНА 2016
Павле Гацов I претседател на Здружението на даночни експерти на Македонија
Подобри изгледи имаат секторите кои работат под државна „ладовина“ Следната 2016 година за „традиционалните“ економија нема посебно да се разликува од 2015 година. Ќе се кратат трошоци и ќе се води борба за статус кво позиција.
О
чекувањата не се оств а р е ни. Пр о е кц иите за растот се покажаа еуфорични и нереални. Крајот на годината сигнализира мало соземање, но без да се овозможи некаков залет за 2016 година. Освен банкарскиот и градежниот сектор и неколкуте познати пропулзивни гранки, „традиционалната“ економија 2015 година ја доживеа како лоша деловна година. Следната 2016 година за „традиционалните“ економија нема посебно да се разликува од 2015 година. Ќе се кратат трошоци и ќе се води борба за статус кво позиција. И наредната година тасот на вагата ќе превагне кон банкарскиот, градежниот и можеби туристичкиот сектор.
Можно е мало подобрување во земјоделскиот сектор и се разбира во издвоени „тирз компании“. Всушност, подобри изгледи имаат секторите кои работат под државна „ладовина“. Монетарната власт да обрне внимание на каматните маржи на комерцијалните банки кои
достигнаа неверојатни 250%. Да влијае со мерки за зауздување на задолжувањето на државата кај комерцијалните банки со воведување на задолжителна резерва за банките кои се најголеми купувачи на државните хартии од вредност. Како пандан на претходното да се олабават мерките кои влијаат на деловното кредитирање. Во Советот на Народната банка да се вклучат претставници на бизнисот. Извршната власт да воведе нови даночни бенефиции, по-себно за стартапите. Да се обезбеди поддршка за нето извозниците. Да се обезбедат субвенции за инвестиции во туризмот и транспортот. Да се продолжи градењето и обновата на
патната инфраструктура. Да не се заборават инвестициите во енергетскиот сектор гасификација. Да се стимулираат еколошките инвестиции. Постојните капацитети треба да се субвенционираат за зголемување на можноста за извоз (странски консултанти, нови технологии, саеми надвор од земјата и сл.). Новите извозници, кои за прв пат извезуваат, да се стимулираат со 1 денар стимулација на 1 денар извоз. Да се стимулира отворањето на модерни интернет решенија за он лајн продажба дома и посебно во странство. Ова посебно да се поддржи за секторот туризам, земјоделие и IT секторот. nnn
Марјан Петрески I професор на Американ Колеџ
Најголем проблем е нарушената ликвидност Може да обезбедите најдобри услови за финансирање, да бидете рангирани први на дуинг бизнис и слично, но ако постои и најмал ризик дека некој може да ве уништи во еден ден, без одредена причина, туку затоа што така сака, тогаш економијата нема да расте.
И
зминатата 2015 година помина под знакот на политичката криза, при што пресметките се дека таа „изеде“ најмалку 1 процентен поен од растот на БДП. Веројатно случувањата од оваа година ќе имаат и своја рефлексија врз средниот рок, особено врз перцепцијата на странските инвеститори и странските финансиски пазари. Може да биде уште потешко да ги убедиме првите да инвестираат тука, а вторите може уште позначајно да го вкалкулираат политичкиот ризик во цената по која ќе и позајмуваат на Македонија, иако во одредена мера тоа веќе и го сторија со последната еврообврзница. Периодот до изборите, најмалку, ќе биде период на уште поголема неизвесност за правење бизнис и очекувам воздржаност на економската активност, и од страна на инвеститорите и од страна на потрошувачите. Без оглед кој ќе победи на изборите, битно за економијата е да обезбеди враќање на нормалните
економски текови и гарантирање на вкупната стабилност на деловното окружување. Моето разбирање е дека на оперативно ниво моментално најголем проблем е нарушената ликвидност. Наплатата на побарувањата оди тешко и тоа спречува и исплата на обврските. Во голема мера тоа е проблем на нашиот деловен менталитет, меѓ у тоа значаен играч во таа верижна неликвидност е државата. На стратегиско ниво, би рекол дека два се клучни предизвици за компаниите во Македонија. Првиот е да излезат од комфорната зона и повеќе да размислуваат за иновирање или приспособување на странски иновации на локалните околности. Само така може да растат. Вториот предизвик е да најдат начини за поврзување со странските фабрики. Тоа ќе ги доведе на повисоко технолошко ниво, што ќе биде значајно не само за нив, туку и за економијата во целина. Во второво мислам дека треба да се замеша и државата, во смисла
на дизајнирање стимулативни пакети за полесно поврзување на домашните со странските фабрики. Клучната работа што треба да ја направи извршната власт после изборите, е целосна институционална стабилизација и реформа со која ќе ги убеди сите засегнати страни дека институциите ќе функционираат во корист на граѓаните и фирмите, а не во корист на политичките елити. Во моментов тоа ми се чини клучно. Да се оневозможи, на пример, политичар да може да нареди на инспекторат да отиде
во фирма и да ја казни по секоја цена. Тоа го уништува растот на фирмите. Може да обезбедите најдобри услови за финансирање, да бидете рангирани први на дуинг бизнис и слично, но ако постои и најмал ризик дека некој може да ве уништи во еден ден, без одредена причина, туку затоа што така сака, тогаш економијата нема да расте. Тоа мора да го реши владата формирана од било која партија, па макар тоа била и сегашната владејачка партија. Тоа што извозот се зголемува е добро, но она што е значајно за Македонија и нашиот БДП е нето извозот, односно разликата помеѓу извозот и увозот. Ако извозот се генерира со помалку увоз тогаш е добро. Затоа реков, потребно е домашните фирми да станат добавувачи на странските фирми. Тоа е среднорочна до долгорочна цел, но не е невозможна. Со дизајн на стимулативен пакет за вакво поврзување, ќе се создадат и услови за позасилени инвестиции и извоз и кај домашните фирми. nnn
www.kapital.mk
Капитал број 843/844/845 25.12.2015
interview Интервју 34
дИмИтар Богов
гувернер на Народна банка на Македонија
Кој И да е на власт, мора да продолжИ со прИвлеКување странсКИ ИнвестИцИИ Исто како и во 2015 година, и во 2016 година главни носители на растот се очекува да бидат инвестициите, приватната потрошувачка и извозот. Имено, во 2016 година се очекува да продолжи реализацијата на крупните инфраструктурни проекти на јавниот сектор,
што заедно со приливот на нови странски инвестиции во слободните економски зони и домашните инвестиции ќе придонесе за натамошен пораст на инвестициската активност. силен ефект врз растот и натаму се очекува од извозната активност на постојните и новите
www.kapital.mk
Капитал број 843/844/845 25.12.2015
35
капацитети со странски капитал, во услови на закрепнување на странската побарувачка. при ваков амбиент се очекува продолжување на поволните преносни ефекти врз приватната потрошувачка, преку пораст на вработеноста и расположливиот доход.
www.kapital.mk
Капитал број 843/844/845 25.12.2015
36
Интервју
Н пишува
Александар Јанев
aleksandar.janev@kapital.mk
XX Народната банка ги објави своите проценки за следната година според кои економијата ќе порасне 3,5%. Што ќе ја поттикне економската активност следната година, а кои од ризиците најмногу Ве загрижуваат? Каква деловна 2016 година очекувате? Нашите октомвриски проекции упатуваат на проценет раст на македонската економија за 2015 година од 3,2% и потоа очекуван раст од 3,5% во 2016 година. Исто како и во 2015 година, и во 2016 година главни носители на растот се очекува да бидат инвестициите, приватната потрошувачка и извозот.
Имено, во 2016 година се очекува да продолжи реализацијата на крупните инфраструктурни проекти на јавниот сектор, што заедно со приливот на нови странски инвестиции во слободните економски зони и домашните инвестиции ќе придонесе за натамошен пораст на инвестициската активност. Силен ефект врз растот и натаму се очекува од извозната активност на постојните и новите капацитети со странски капитал, во услови на закрепнување на странската побарувачка. При ваков амбиент се очекува продолжување на поволните преносни ефекти врз приватната потрошувачка, преку пораст на вработеноста и расположливиот доход. Проекциите вообичаено се придружени со ризици. Во однос на очекуваните макроекономски движења во 2016 година, ризиците се главно поврзани со неизвесното надворешно окружување, особено во однос на заздравувањето на евро-зоната и движењата на светските цени на основните производи. Дополнително, треба да се наведе и понеизвесното домашно окружување, иако домашната економија во 2015 година се покажа како доста витална во однос на домашните политички случувања, но факт е дека политичката неизвесност може да влијае на очекувањата на пазарните субјекти. Во секој случај, 2016 година очекувам да биде уште една година на пост-кризно закрепнување на глобалната економија,
придружена со изразени геополитички ризици со ефект врз глобалните економски текови, во која верувам дека повторно ќе дојдат до израз ефектите од структурните промени во македонската економија во насока на умерено забрзување на растот и макроекономските политики насочени кон одржување на макроекономската стабилност. XX Колку политичките превирања меѓу власта и опозицијата и најавените предвремени парламентарни избори следната година ќе се одразат врз економијата? Годинава што измина покажа дека македонската економија има здрави фундаменти и може да оствари солиден раст, дури и при така силни негативни шокови како домашната политичка неизвесност и грчката должничка криза. Но, исто така и дека има потенцијал за посилен раст за чие остварување е неопходен постабилен политички амбиент. Во нашите проекции за идната година земен е предвид тој ризик. XX Најпретпазливи кога е во прашање политичката криза се странските инвеститори. Годинава салдото е за четвртина помало од лани, а дел од нив повторно изнесоа над 150 милиони евра надвор од земјата како дивиденди. Какви се Вашите проценки за приливот на странски инвестиции?
Богов: Структурните реформи, а не девалвацијата ја зголему
www.kapital.mk
Капитал број 843/844/845 25.12.2015
37 Што би требало да се подобри во бизнис климата за да дојдат што повеќе инвеститори? Странските инвестиции не смеат да се гледаат само како краткорочен девизен прилив. Многу поважни се нивните долгорочни ефекти врз растот на македонската економија. Што е подобро, да имаме прилив од 300 милиони евра од приватизација на некој монопол или три инвестиции од по 30 милиони евра во компании како Дрекселмаер, Маркарт, Ван Хул и слични на нив? Јас сум дефинитивно за вториот случај. Тоа се компании кои отвораат работни места, носат знаење, создаваат обучена работна сила со висока работна етика, технички квалификации кои ги изгубивме во деведесетите години и високи девизни приливи од извоз во наредните години. Таквите компании имаат позитивно влијание и врз нивните домашни добавувачи од кои бараат исполнување на соодветни стандарди, квалитет и им овозможуваат да се вклучат во меѓународниот синџир на добавувачи. Тоа е единствениот пат за раст и интегрирање на македонската економија во европската. Впрочем, не треба да измислуваме топла вода. Тоа е патот што го изодеа земјите од централна Европа и Балтикот пред 15-20 години. Токму поради тие извозни компании во последните пет години имаме тренд на стеснување на трговскиот дефицит, а дефицитот во платниот биланс веќе не е проблем за одржување на макроекономската стабилност. И тоа овозможува да имаме пониски каматни стапки. Охрабрен сум што и со политичка нестабилност тој тек на извозно ориентирани странски инвестиции продолжи. Но, веројатно би бил и поголем во помирни услови. Не смееме да ги жигосуваме странските инвеститори. Истовремено, треба да бидеме свесни дека како расте бројот на странски инвеститори така ќе се зголемува и исплатата на дивиденди во странство. Тоа е нормална појава. Треба да сфатиме дека тие се клучни во создавањето нови работни места и затоа политиката за нивно привлекување мора да биде континуитет, без оглед кој е на власт. XX Какви Ви се очекувањата за економските движења кај нашите најголеми трговски партнери догодина? Проценувате дека странската побарувачка за домашните производи ќе се зголеми само 1,4%. Но, доволно ли е тоа за посилен раст на извозот? Во 2016 година се очекува раст на економиите кои се наши најзначајни трговски партнери, (со исклучок на Грција), што е изразено преку очекуваната стапка на годишен раст на странската ефективна побарувачка од 1,4%, при што растот на македонскиот извоз го проектираме
на 6%. Новите капацитети со странски капитал и натаму ќе бидат двигатели на растот на извозот, а во 2016 година се очекува и закрепнување на извозот на традиционалниот извозен сектор. Во однос на новите извозни капацитети, во 2016 година се очекуваат зајакнати ефекти на дел од новите капацитетите кои подоцна го започнаа производството, што упатува и на аспекти на проширена извозна понуда и на евентуални нагорни ризици во однос на растот на извозот. Покрај с транската побарувачка и домашниот извозен потенцијал, за движењето на извозот значајни се и промените во условите на размена, а особено цените на металите за кои во 2016 година се очекува задржување на опаѓачките трендови. Генерално, во контекст на ова прашање, ние и досега повеќе пати сме истакнале дека растот на македонската економија веќе неколку години наназад се одвои од растот на странската побарувачка, упатувајќи на зајакнатиот придонес на домашните двигатели на растот и структурните промени во економијата. XX Неодамна им порачавте на банкарите да прикочат со потрошувачките кредити за граѓаните и наместо тоа, повеќе да ги кредитираат приватните бизниси. За таа цел најавивте и конкретни мерки од Нова година. Како ќе ги натерате банкарите да им даваат повеќе кредити на фирмите?
уваат конкурентноста
Банките секогаш се водат од својот деловен интерес при пласирањето на своите ликвидни средства. Последните две години повеќето од нив ги гледаат потрошувачките кредити како начин за зголемување на својата каматна маргина и за диверсификација на ризикот на поголем број мали клиенти. Народната банка како регулатор ја гледа големата слика. Таа покажува брз раст на потрошувачките кредити, особено на оние со рочност од над десет години, висока стапка на раст на лошите потрошувачки кредити и зголемување на износот на задолженост по поединечни клиенти. Значи, банките се борат за исти клиенти кои ги преземаат една од друга нудејќи им поголеми кредити на подолги рокови, по фиксни каматни стапки за првите три години. Тоа на краток рок изгледа атрактивно за банките и за клиентите, но еден ден ќе предизвика сериозни проблеми и кај оние што ги даваат и кај оние што ги земаат кредитите. Амбиентот на ниски каматни стапки нема да трае вечно. Американските Федерални резерви веќе почнаа со зголемување на каматната стапка. Во 2017 или 2018 година тоа ќе го направи и Европската централна банка. Токму тогаш истекува рокот во кој потрошувачите плаќаат фиксни камати. Потоа ратите за отплата драстично ќе се зголемат, а многу граѓани нема да можат да ги плаќаат. Народната банка го препозна тој ризик и донесе мерка со која бара од банките соодветно да го земат предвид
www.kapital.mk
Капитал број 843/844/845 25.12.2015
38
Интервју
не СМееМе Да ГИ жИГоСуваМе СтранСКИте ИнвеСтИторИ.
н
е смееме да ги жигосуваме странските инвеститори. Истовремено, треба да бидеме свесни дека како расте бројот на странски инвеститори така ќе се зголемува и исплатата на дивиденди во странство. тоа е нормална појава. треба да сфатиме дека тие се клучни во создавањето нови работни места и затоа политиката за нивно привлекување мора да биде континуитет, без оглед кој е на власт.
повисокиот ризик кај потрошувачките кредити подолги од осум години и да обезбедат поголем капитал за да го покријат истиот. Впрочем одржувањето на стабилноста на банкарскиот сектор и преку тоа сигурноста на депозитите е една од двете основни цели на Народната банка. XX Колку ве загрижува планот на власта објавен во Фискалната стратегија, според кој во следните три години планира да позајми над една милијарда евра од домашните банки? Колку ова може да биде ограничувачки фактор за
кредитирањето на приватниот сектор? Гледате ли ризик во задолжувањето на државата на домашниот пазар? Финансирањето на буџетските потреби изминатите години беше добро распределено меѓу домашниот и странскиот финансиски пазар. Исто така, само половина од финансир ањето на домашниот пазар дојде од банкарскиот сектор, додека остатокот беше обезбеден од небанкарскиот финансиски сектор кој има потреба од долгорочни финансиски инструменти. Убеден сум дека така ќе биде и во наредните три години.
XX Со сите задолжувања и раздолжувања на властите, јавниот долг во следните три години ќе ја достигне црвената линија од 50% од БДП што ја постави ММФ за Македонија? Колку е според вас одржлив јавниот долг, ако се знае дека во последните пет години долгот е двојно зголемен, а просечниот економски раст е само 2,2% годишно? Зголемувањето на јавниот долг по глобалната економска криза во 2008 година е вообичаена појава. Просечниот јавен долг во Европската Унија се зголеми од 61% во 2008 година на 87 % од бруто домашниот производ во 2014 година. Во истиот период во Македонија се зголеми од 24% на 45%. Значи, се уште јавниот долг во Македонија е двојно понизок отколку во ЕУ. Најголем дел од земјите од нашиот регион имаат јавен долг помеѓу 70% и 90 % од БДП. Фискалната стратегија предвидува консолидација на јавните финансии што ќе доведе до стабилизирање на нивото на јавниот долг нешто над 50%. Тоа е се уште одржливо ниво. Но, потребно е да се води контрациклична политика, односно во добри времиња кога БДП ќе расте со повисока стапка да се изврши намалување на јавниот долг со што ќе се отвори простор за фискален стимул во време на глобални рецесии. XX една од препораките на европската Комисија во последниот Извештај за напредокот на земјата е да се направат напори за да се подобри наплатата на лошите кредити така што нема да бидат пречка за зголемено кредитирање. Какви е проекциите на народната банка за нивото на лоши кредити догодина и колку тоа го ограничува кредитирањето? Лошите кредити во последните две години се стабилизираа на нивото меѓу 11% и 12 %. Тоа е најниско ниво во целиот регион од Словенија до Грција. Сепак, тоа е високо ниво. Позитивно е што дури 60 % од нив се целосно резервирани, односно веќе не можат да предизвикаат негативни ефекти врз билансите на банките. Напротив, нивната продажба креира приходи. Вообичаено, во развиените економии има два начини на чистење на лошите кредити. Продажба со голем дисконт на фондови специјализирирани за управување со проблематични побарувања или отпис на таквите побарувања. Во Македонија нема такви фондови, а банките многу ретко вршат отпис. Затоа, неодамна донесовме одлука со која банките се обврзани две години откако лошото побарување ќе биде целосно резервирано, да го пренесат во вонбилансната евиденција. Секако, нив им останува можноста делумно да
БоГов: во 2016 ГоДИна ГлавнИ ноСИтелИ на раСтот ќе БИД
www.kapital.mk
Капитал број 843/844/845 25.12.2015
39 НиСКитЕ КАмАтНи СтАпКи НЕмА ДА трААт вЕчНО
Б
анките се борат за исти клиенти кои ги преземаат една од друга нудејќи им поголеми кредити на подолги рокови, по фиксни каматни стапки за првите три години. тоа на краток рок изгледа атрактивно за банките и за клиентите, но еден ден ќе предизвика сериозни проблеми и кај оние што ги даваат и кај оние што ги земаат кредитите. Амбиентот на ниски каматни стапки нема да трае вечно.
го наплатат доколку се укаже прилика. Поради тоа, очекувам во наредните две години да добиеме пореална слика за учеството на лошите кредити без негативен ефект врз профитабилноста на банките. XX Како еден од креаторите на економските политики во земјава, што мислите, кои реформи мора да ги направиме за да стигнеме до стапки на економски раст над 6% што ги ветува секоја власт? На годишната конференција на Европската централна банка во мај 2015 година нејзиниот претседател Марио Драги кажа: „структурните реформи го зголемуваат потенцијалното производство и отпорноста на економијата на шокови“. Не случајно програмите за прилагодување на проблематичните земји од еврозоната во основата ги имаат структурните реформи. Вообичаено под структурни реформи се подразбира флексибилен пазар на работна сила, поволна бизнис клима, дисциплинирана фискална политика, ефикасни јавни институции, иновативен и активен приватен сектор. Може да се додадат уште политики, но главно се врти околу нив. Таквиот амбиент ја подобрува конкурентоста на економијата, ги елиминира нерамнотежите во економијата и ја одржува довербата во економијата на високо ниво.
XX Останувате ли „диктатор“ кога е во прашање фиксниот девизен курс на денарот во време кога многу земји како Кина, Јапонија, САД, па и Европската централна банка, водат валутни војни обезвреднувајќи ги своите валути за да го поттикнат извозот? Добро е што ги споменавте тие земји, бидејќи тука некаде завршува списокот на земји кои можат да си го дозволат тоа. Останатите го немаат тој луксуз. Дури и економии како Турција и Русија грчевито се бореа да ги одбранат своите девизни курсеви од обезвреднување кога беа под притисок на пазарите, но со ограничен успех. Како последица на непосакуваното обезвреднување на нивните девизни курсеви тие сега имаат висока инфлација и високи каматни стапки. Ако девалвацијата беше волшебниот рецепт за поголем извоз сите ќе го користеа. Реалноста е поинаква. Структурните реформи, а не девалвацијата ја зголемуваат конкурентноста. Ќе ви го посочам примерот на две групи земји од ЕУ. Во првата група се Австрија, Холандија и Данска кои од 1979 година одржуваа стабилен курс на нивните валути кон германската марка. Во 1999 година првите две влегоа во евро зоната, додека Данска се уште одржува фиксен курс кон еврото. Во 1980 година нивниот
извоз изнесуваше 40% од БДП, а денес изнесува над 60%. Во втората група се Грција, Италија, Шпанија и Португалија кои постојано вршеа девалвации на своите валути се додека во 1999 година (Грција во 2001 година) не влегоа во евро зоната. Нивниот извоз во 1980 година изнесуваше 20% од БДП, во 1999 година само 25%, а дури во последните неколку години кога почнаа да спроведуваат структурни реформи се зголеми на 30%. Значи групата земји со фиксен курс ја зголеми конкурентноста на своите економии во последните 35 години, додека групата земји која постојано го обезвреднуваше девизниот курс ја намали конкурентноста на своите економии и западна во сериозни проблеми при првиот посериозен шок што ја погоди евро зоната. Разликата е во структурните реформи. Првата група земји за цело време имаа флексибилен пазар на работна сила, дисциплинирана фискална политика, поволен деловен амбиент, ефикасни јавни институции. Втората група имаше сериозни слабости во сите тие области. Дури во последните години под притисок на „тројката“ спроведуваат серизони реформи. Резултатите кај некои од нив веќе се видливи. Јас би сакал да сме како првата група земји. nnn
ДАт иНвЕСтициитЕ, привАтНАтА пОтрОшувАчКА и извОзОт
www.kapital.mk
Капитал број 843/844/845 25.12.2015
40
ДЕЛОВНА 2016
КаКва 2016 година очеКуваат банКарите?!
Повеќе слична отКолКу разли “ “ “ Стопанска банката ќе продолжи по истата патека да остварува позитивни финансиски резултати, следејќи го развојот на економијата, како и со интенција да ја задржи својата лидерска позиција во банкарскиот сектор како една од системските банки во државата. Најважно е што Стопанска банка има најголема капитална база и одлична ликвидност со која може да обезбеди поддршка за сите компании (мали, средни и големи од било кој сектор) кои ги задоволуваат критериумите за кредитирање.
диомидис ниКолетоПулос претседател на Управниот одбор на Стопанска банка Скопје
Компаниите следната година ќе добијат поддршка со поволни кредити од домашни извори и од наменските кредитни линии, додека кај населението ќе продолжи поддршката на станбеното кредитирање за кое последниве две години има засилен интерес. Сепак, побарувачката и економската активност на компаниите, и кај нас и глобално, по економската криза е мала, стагнантна, и тоа се рефлектира и на обемот на нови кредитни задолжувања кај банките.
ЃорЃи ЈанчевсКи
претседател на Управен одбор на НЛБ Тутунска банка
Доколку успееме да ја подобриме политичката стабилност во Македонија, и со меѓународно координирана акција се управува со проблемот со бегалците, очекувам Македонија да ги искористи предностите на добро капитализираниот банкарски сектор кој средствата ги базира на високото домашно штедење и прилив на дознаки од странство. Во такви услови би требало да се отвори циклус на долгорочно умерено забрзување на економскиот раст.
глигор бишев
претседател на Управен одбор на Шпаркасе банка
ФаКт: банКите имаат вишоК над една мили
www.kapital.mk
Капитал број 843/844/845 25.12.2015
41
а, ичНа “ “ Идната година остануваме фокусирани на силна поддршка за малите и средни бизниси, за кои се подготвуваат новости за уште поголема достапност, едноставност и модернизација на услугите. Со сите новости кои произлегуваат од фактот што ПроКредит е дел од силна регионална групација и што има своја банка во Германија во идната година очекуваме уште поизразена кредитна поддршка на долгорочни инвестиции на производни претпријатија, агро бизниси, инвестиции во енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија, како и бизниси кои ќе се шират регионално.
јоваНКа јолесКа ПоПовсКа претседател на Управен одбор на ПроКредит банка
Наредната година ќе биде една од потешките со оглед дека секоја изборна година е проблематична за стопанството, а со тоа и за финансискиот сектор и за граѓаните. Компаниите се попретпазливи, финансискиот сектор полека ќе почне да заздравува и да се зголемува инвестицискиот циклус, но сето тоа оди пребавно и започна предоцна. Во вакви услови, голем број на инвестициски проекти, не само на странски, туку и на успешни домашни компании беа одложени. Сметам дека тие сепак ќе се реализираат во наредните години, но знаеме дека одлуките за нивно реализирање овој пат ќе се носат многу потешко и побавно.
Повеќе слична отколку различна ќе биде следната година од оваа, велат банкарите кога зборуваат за нивните идни планови. Кредитирањето догодина ќе порасне околу 7% 8% како што проценува Народната банка, што би било слично темпо на кредитирање како и годинава, а банкарите велат дека ќе има кредити и за фирмите и за граѓаните. Меѓутоа, Народната банка со конкретни мерки одлучи да го зголеми притисокот врз банкарите повеќе да кредитираат приватни фирми наместо граѓаните со потрошувачки кредити. Ќе го одврзат ли банкарите ќесето догодина со повеќе кредити да го поддржат бизнисот?!
владиМир ефтиМосКи претседател на Управен одбор на Стопанска банка Битола
ијарда евра што ги иНвестираат во заПиси
www.kapital.mk
Капитал број 843/844/845 25.12.2015
42
ДЕЛОВНА 2016
39,2% 34,4%
30,5%
25%
КредитеН рАст НА привАтеН сеКтор
21%
Извор: Народна банка
3,5% 2004
2005
2006
2007
п пишува:
Александар Јанев
aleksandar.janev@kapital.mk
Повеќе слична отколку различна ќе биде следната година од оваа, велат банкарите кога зборуваат за нивните идни планови. Кредитирањето догодина ќе порасне околу 7% - 8% како што проценува Народната банка, а банкарите велат дека ќе има кредити и за фирмите и за граѓаните. Меѓутоа, Народната банка со конкретни мерки одлучи да го зголеми притисокот врз банкарите повеќе да кредитираат приватни фирми наместо граѓаните со потрошувачки кредити. Советот на Народната банка објасни дека банките за една година одобриле 47,5% повеќе потрошувачки кредити и „речиси секогаш, по брзиот раст на кредитирањето, следи период на отежната наплата на побарувањата“. Ќе го одврзат ли банкарите ќесето догодина со повеќе кредити да го поддржат бизнисот поради тоа што гувернерот ќе ги натера да издвојуваат повеќе резервации ако даваат потрошувачки кредити, а помалку ако ги
2008
2009
7,1%
8,5%
2010
2011
5,4% 2012
кредитираат фирмите?! „Компаниите следната година ќе добијат поддршка со поволни кредити од домашни извори и од наменските кредитни линии, додека кај населението ќе продолжи поддршката на станбеното кредитирање за кое последниве две години има засилен интерес. Сепак, побарувачката и економската активност на компаниите, и кај нас и глобално, по економската криза е мала, стагнантна, и тоа се рефлектира и на обемот на нови кредитни задолжувања кај банките“, вели Ѓорѓи Јанчевски, претседател на Управниот одбор на НЛБ Тутунска банка и додава дека фокусот на банката во последните години е насочен во микро бизнисот, малите и средни претпријатија и населението и таа стратешка определба останува и во следниот петгодишен период. Јованка Јолеска Поповска, претседател на Управниот одбор на ПроКредит банка исто така вели дека продолжува силната поддршка за малите и средни бизниси. „Идната година очекуваме уште поизразена кредитна поддршка на долгорочни инвестиции на производни претпријатија, агро бизниси, инвестиции во енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија, како и бизниси кои ќе се шират регионално“, вели Јолеска Поповска. Од Стопанска банка велат дека ќе продолжат да ги поддржуваат своите корпоративни клиенти од сите сектори во земјата, кои ги вклучуваат некои од најголемите компании во земјата и кои се важен дел од целата економија и извозот. „Разновидните кредитни производи кои Стопанска банка ги развива постојано, како и воведување на нови производи во следниот период, ќе овозможи соодветна
6,4% 2013
10%
2014
7,7%
8%
2015
2016
поддршка од Банката за сите компании во нашето портфолио, преку кои ќе се создадат нови перспективи, нови работни места и дополнителна вредност за економијата во целост“, објаснуваат од Стопанска банка. Од Охридска банка велат дека како и годинава, така и догодина ќе продолжат со стабилно финансирање на компаниите и нивните издржани проекти. „Кредитната активност следната година главно ќе зависи од политичко - економскиот амбиент и сигналите на монетарната политика, меѓутоа како и досега Охридска Банка ќе продолжи да дава финансиска поддршка на профитaбилни проекти со одржлив раст, пред сé проекти кои поттикнуваат креирање на нови работни места, користење на обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност, зголемување на конкурентноста и интензивирање на извозот“, објаснуваат од Охридска банка. Дел од банкарите сепак велат дека побарувачката за кредити од приватните фирми е ограничена и се сведува на заеми за тековна ликвидност. „Наредната година ќе биде една од потешките со оглед дека секоја изборна година е проблематична за стопанството, а со тоа и за финансискиот сектор и за граѓаните. Компаниите се попретпазливи, финансискиот сектор полека ќе почне да заздравува и да се зголемува инвестицискиот циклус, но сето тоа оди пребавно и започна предоцна“, вели Владимир Ефтимоски, претседател на Управниот одбор на Стопанска банка Битола и објаснува дека политичката криза годинава значително го забави или целосно го анулираше трендот на пораст, што во услови на инертност во
НБМ: КредитирАњето догодиНА ќе порАсНе оКолу 7% - 8%
www.kapital.mk
Капитал број 843/844/845 25.12.2015
44
ДЕЛОВНА 2016
крЕдити за фирми (МИЛИЈАрДИ ЕВрА) Извор: Народна банка
1,86 1,66
2,03
2,12
2,19
2012
2013
2,38
2,41
2014
2015 Окт.
1,72
1,25 2007
2008
2009
работењето, како што се во Македонија, значи дека ќе треба да помине најмалку уште една година пред да започнеме да се движиме повторно напред. „Во вакви услови, голем број на инвестициски проекти, не само на странски, туку и на успешни домашни компании беа одложени. Сметам дека тие сепак ќе се реализираат во наредните години, но знаеме дека одлуките за нивно реализирање овој пат ќе се носат многу потешко и побавно. Трендот на пораст во наредните четири години и тоа како ќе биде доста помал отколку пред 2015 година, без разлика што и тогаш светот беше во економска криза“, коментира Ефтимоски. Едно е сигурно, дека банките имаат вишок над една милијарда евра што ги инвестираат во државни и благајнички записи додека не наидат на добар проект што ќе го поддржат со кредит.
што е добар проект за кој има кредити?!
Иако банкарите постојано велат „за добри проекти пари има“, што е добар проект е енигма за бизнисмените. Банкарите велат дека добри проекти се сите оние кои се добро осмислени за да обезбедат долгорочен раст и развој на една фирма, коишто се реални и кои кореспондираат на пазарниот потенцијал. Јолеска Поповска од ПроКредит банка, вели дека одлуката за финансирање на одреден бизнис зависи од повеќе критериуми како што се: успешноста на работењето на претпријатието, неговата ликвидност, кредитната историја и менџерската стручност во раководењето со финансиите и во голема мера од тоа какви се економските и пазарните услови во кои функционира претпријатието. „Анализата на овие аспекти е суштинска не само заради пристапот до извор на финансирање, но пред се заради здравиот и одржлив развој на самиот бизнис. Доколку бизнисот се финансира со средства за кои
2010
2011
нема капацитет поради неодржливост на некои од горенаведените критериуми, многу е поголема веројатноста, а со тоа и ризикот за запаѓање на бизнисот во финансиски потешкотии. Можеби еден од најзначајните фактори од сите споменати е менаџерскиот капацитет од кој зависи и визија за развој. Доколку сопственикот на бизнисот има капацитет да ги следи пазарните трендови, умее брзо да реагира и да се прилагоди на промените кои пазарот и конкуренцијата, соодветно на случувањата ги предвидува ризиците и можностите, многу е голема веројатноста за успешен проект со соодветна финансиска поддршка од банка“, вели Јолеска Поповска и додава дека нивна цел како специјализирана банка за бизнис е одговорно кредитирање кое ќе овозможи бизнисот да не се презадолжи, туку напротив поголема конкурентност, намалување на оперативни трошоци, иновативност и проширување на нови пазари. Од Стопанска банка велат дека кредитирањето е во сржта на банкарството и ќе биде секогаш спроведувано согласно најдобрите банкарски стандарди „Секој проект или кој било друго кредитно барање со цел да биде разгледано од банкарски аспект како остварливо, треба да исполнува некои одредени критериуми, односно компанијата мора прво да учествува со сопствени средства и со нив делумно да ги покрие потребите за финансирање, потоа мора да има барем доволна профитабилност и правилно управување со готовина со кои ќе може да ги покрие целокупните трошоци, отплатата на долговите кон Банката и да обезбеди соодветен приход за компанијата. Секогаш и секаде постојат основни услови кои треба да бидат исполнети со цел еден бизнис/ проект да биде поддржан од која било банка“, објаснуваат од Стопанска банка. Јанчевски од НЛБ Тутунска банка вели дека малиот пазар во Македонија се повеќе се отвора за странски фирми, поради што фирмите за поголем успех ќе треба да конкурираат и со странските
компании дома и надвор, во регионот или на пазарот на ЕУ. „Бизнисот ќе бара многу поголемо внимание, професионално знаење и квалитет на производот кој треба да е на нивото на пазарите на кои се конкурира. Нема повеќе брз успех. Колку што е конкуренцијата поголема толку потешко ќе биде да се работи, така што фирмите ќе мора да се прилагодат на новите услови. Во моментов во Европа владее песимизам во поглед на економскиот раст, но ние сме убедени дека за нашите мали и средни фирми може да има место на овие пазари, бидејќи истите не се оптоварени со големи фиксни трошоци, флексибилни се во работењето и можат многу полесно да се прилагодат на пазарните промени. За таквите компании Банката има на располагање кредитни средства и такви проекти ги поддржува“, вели Јанчевски.
какви мерки донесува Народната банка?!
Народната банка воведува мерки за ограничување на долгорочните потрошувачки кредити преку изменување и дополнување на Одлуката за методологијата за утврдување на адекватноста на капиталот. Како што објаснија од Народната банка, мерките се воведуваат за да се ограничат потенцијалните ризици за наплата од забрзаниот раст на долгорочните потрошувачки кредити, односно да се влијае превентивно не само за квалитетот на кредитното портфолио на банките, туку и за нивото на задолженост на населението. Со мерката се зголемува капиталното барање за банките за долгорочните потрошувачки кредити со рок еднаков или подолг од осум години. За да не се предизвикаат поголеми потреси на пазарот на потрошувачкото кредитирање, а сепак стапките на раст да се сведат на умерено ниво, оваа мерка е насочена само кон новоодобрените долгорочни потрошувачки кредити, односно кредитите со рок еднаков
Ефтимоски: НарЕдНата годиНа ќЕ бидЕ ЕдНа од потЕшкитЕ
www.kapital.mk
Капитал број 843/844/845 25.12.2015
45 или подолг од осум години одобрени од јануари следната година. „Оваа мерка не значи дека банките ќе престанат да даваат потрошувачки кредити со подолги рокови, но реално е да се очекува дека банките ќе го следат сигналот на Народната банка и ќе придонесат за забавување на брзиот раст на овие кредити“, велат од Советот. За да се спречи можноста од пренасочување на задолжувањето кон кредитните картички и пречекорувањата на трансакциските сметки, се воведува повисоко капитално барање и за растот на пречекорувањата на трансакциските сметки и кредитните картички. Истовремено, од Народната банка велат дека со оваа одлука, се создаваат услови за олеснување на пристапот на фирмите, пред сè на малите и средните претпријатија до финансиските услуги. „Се намалува капиталното барање за издадените гаранции од страна на банките со кои се гарантира плаќање врз основа на одреден деловен однос на клиентот и за побарувањата на банките коишто се обезбедени со деловен простор којшто исполнува определени услови. Со ова, се овозможува банките да одвојуваат понизок износ на капитал за кредитногаранциското работење со правните лица, вклучително и малите и средните претпријатија, што од своја страна може да предизвика намалување на трошокот на банките, а со
тоа и на клиентите за овој тип работење“, објаснуваат од Народната банка. Банкарите велат дека поголемата побарувачка на пазарот за потрошувачки кредити од граѓаните довела до побрз раст на кредитирањето во овој сегмент. „Трендот во кредитирањето е предизвикан од пазарот. Од една страна, вишокот на ликвидност кој произлезе од слабата економска активност на реалниот сектор во последните две години, создаде услови за поголем пад на каматните стапки и на депозитите и на кредитите, а од друга страна побарувачката на населението при вакви поволни кредитни услови се зголеми, што резултираше со повисока динамика на кредитирање кај населението. Интересно е што последниве две години особено позитивен тренд има кај станбената потрошувачка“, вели Јанчевски. Јолеска Поповска од ПроКредит банка пак, вели дека мерката на НБРМ има за цел да спречи евентуално непродуктивно презадолжување на населението. „Политичкото и економското опкружување беше предизвик и за бизнисите и за банките. Инвестициите на бизнисите беа до одредена мера ограничени, а дел од банките поради тие причини се насочија поизразено кон кредитирање на населението, каде и покрај влошување на квалитетот на портфолиото, побарувачката е постојано присутна особено во делот на потрошувачки кредити и картички.
Ваквиот сигнал од страна на НБРМ е за поздравување и ќе би требало да придонесе на посилен фокус на банките кон реалниот сектор и поддршка на сегментите кои придонесуваат за позначителен долгорочен економски раст“, објаснува Јолеска Поповска. Од Стопанска банка велат дека овие мерки во кратки црти имаат за цел да воведат некое ограничување на необезбедените кредити кај населението со цел банките повеќе да се ориентираат кон корпоративни кредити но и кон хипотекарни/обезбедени кредити за население. „Стопанска банка планира да обезбеди поддршка за секој проект или кредит кој ги задоволува банкарските критериуми и во нашата водечка политика е да ги поттикнеме и препознаеме одржливите бизнис иницијативи и да им обезбедиме соодветна поддршка. Не постои причина за промена на овој пристап во текот на следната година со оглед на тоа што Баката со својот компетентен корпоративен тим е добро подготвена да одговори на пазарните предизвици и да обезбеди најдобри услуги за своите компании“, истакнуваат од Стопанска банка. Според податоците на Народната банка, граѓаните заклучно со септември вкупно им должат на банките 1,08 милијарди евра врз основа на потрошувачки кредити и кредитни картички што е за 14,3% повеќе отколку лани. nnn
ОВА Е ВЕ НОСИ ПОБЛИСКУ ДО ВАШИТЕ НАЈСАКАНИ Пратете и примете пари со Western Union
MOBILE
УНИЈА ФИНАНСИСКА СКОПЈЕ Tеl: +389 2 3218 902 www.ufs.com.mk D Macedonia print ad 210x135cm al-en-mk.indd 3
ONLINE
AGENT LOCATION
© 2015 WESTERN UNION HOLDINGS, INC. All rights reserved
12/11/15 4:34 PM
Капитал број 843/844/845 25.12.2015
www.kapital.mk
interview Интервју 46
миноски: Дали една држава ќе биде просперитетна
www.kapital.mk
Капитал број 843/844/845 25.12.2015
47 interview
Кирил Миноски директор на Управата за јавни приходи
Главна цел треба да ни биде да создаваме богати компании Главниот предизвик на мојот професионален ангажман е да дадам придонес во процесот на институционален развој на Управата за јавни приходи, процес кој што треба да обезбеди поефикасни услуги за потребите на државата, граѓаните и компаниите. Во таа насока, главниот фокус на активностите ќе биде насочен кон намалување на даночната евазија и воспоставување на систем за поефикасно прибирање на даноците, стандардизирање, поедноставување и унапредување на деловните процеси во УЈП, воспоставување на повисоки етички и професионални стандарди за вработените преку инвестирање во развој на работната сила и инфраструктурата на Управата.
K пишува:
Биљана Здравковска Стојчевска biljana.zdravkovska@kapital.mk
Кирил Миноски од пред нешто повеќе од еден месец го презема управувањето со Управата за јавни приходи (УЈП). Станува збор за една од најжешките и најтешките извршни функции, посебно што неговата работа може конкретно да биде измерена преку тоа колку успева да ги наплати даноците и да го наполни буџетот. Што во време на економска криза воопшто не е
така лесна задача. Но, Миноски се чини веќе има план што и како треба да се промени во УЈП за таа да може подобро да си ја заврши. Ќе започне од градење на организациска култура која почива на транспарентниот и тимска работа. Како човек кој поминал долги години во приватниот сектор, тој е уверен дека УЈП треба да биде во служба на бизнисите и нивниот развој. “Бизнисите како даночни обврзници се нужен партнер на Управата, од причина што единствено тие креираат нова вредност од која што се финансира функционирањето на државата”, вели Миноски. Во интервјуто за Капитал, што е прво интервју од кога дојде на чело на УЈП, тој зборува за промените и инвестициите кои ќе следат во УЈП и за начините на кои планира УЈП да ја доближи до даночните обврзници. XX Од неодамна ја презедовте функцијата директор на Управата за јавни приходи. Што е вашиот предизвик и кои ви се целите кои сакате да ги постигнете во раководењето на оваа институција?
Треба да се размисли за даночни олеснувања на микро и мали фирми
М
ојот личен став е дека можеби треба да се размисли и за понатамошни даночни олеснувања или намалување на даночни стапки за определени целни групи како што се микро и мали претпријатија, со што дополнително би се влијаело на нивната ликвидност и можностите за развој. На овој начин би се придонело за ослободување на нова позитивна енергија во економијата. Нашата примарна цел како држава треба да биде да создаваме богати компании со што ќе се креираат поголеми можности на општествена благосостојба и напредок.
а или не, зависи од нејзината даночна политика
www.kapital.mk
Капитал број 843/844/845 25.12.2015
48
Интервју
Главниот предизвик на мојот професионален ангажман е да дадам придонес во процесот на институционален развој на Управата за јавни приходи, процес кој што треба да обезбеди поефикасни услуги за потребите на државата, граѓаните и компаниите. Во таа насока, главниот фокус на активностите ќе биде насочен кон намалување на даночната евазија и воспоставување на систем за поефикасно прибирање на даноците, стандардизирање, поедноставување и унапредување на деловните процеси во УЈП, воспоставување на повисоки етички и професионални стандарди за вработените преку инвестирање во развој на работната сила и инфраструктурата на Управата. Централно место во сите активности ќе им биде дадено на “луѓето“ како креатор и корисник на услугите и на градењето на организациска култура која што почива на транспарентност и тимска работа. Воедно, како Управа посебно внимание ќе посветиме на меѓународната соработка со останатите даночни управи од Европа и светот, со цел следење и имплементирање на позитивните деловни практики од развиените економии, кои ќе доведат до градење на даночна управа која што ќе биде компатибилна со тие стандарди. Целта на процесот на организациски промени е да се изгради Управaта за јавни приходи како “state of art“ институција во Република Македонија, што е во интерес на државата и нејзините институции, бизнисите и граѓаните. XX Во Вашата кариера имате искуство и од приватниот бизнис. Ако гледате со очи на бизнисмен што е тоа што и недостасува на УЈП? Во која насока треба да се движат реформите и промените? Креирањето на деловна клима која што ќе биде “пријателски“ настроена кон процесот на водење бизнис е еден од основните предуслови за поттикнување и развој на претприемништвото и економскиот развој во целина. Во изминатиот временски период беа имплементирани бројни реформи кои што имаа за цел унапредување на деловната клима, што на соодветен начин беше верификувано и во “Doing Business“ извештајот на Светската Банка. Низ таа призма јас ја гледам Управата за јавни приходи како институција која што треба да биде во служба на бизнисите и нивниот развој. Бизнисите како даночни обврзници се нужен партнер на Управата, од причина што единствено тие креираат нова вредност од која што се финансира функционирањето на државата. Потребен ни е исчекор во насока на јакнење на јавната свест и едукација на компаниите во однос на значењето на даночниот систем и начинот на реализирање на нивните даночни обврски, како и едукација на поодделни целни групи, како на пример: книговодители, земјоделци, даночни
консултанти, микро и малите компании и слично, кои имаат силно влијание врз процесот на прибирање на даноците или врз масата на даноци кои што се прибираат. Неопходно ни е да работиме на подигнување на општото ниво на знаење на македонскиот претприемач во оваа сфера. Од друга страна, ние како Управа ќе работиме и на надминување на внатрешните слабости на институцијата: менувањето на бирократскиот ментален склоп кај нашите вработени, унапредување на нивните комуникациски вештини, фокусирајќи се на проактивен наместо реактивен институционален пристап. Во насока на приближување на услугите на Управата кон даночните обврзници, со поддршка на меѓународните донатори и средства од Европската унија веќе се отпочнати активности за реновирање на контакт центарот во РД Скопје, процес кој што не подразбира само реконструкција на деловните објекти, туку и воведување на нов модел на даночни услуги, согласно на модерните европски практики. Идејата е истиот да биде имплементиран и во останатите регионални дирекции на УЈП, откако ќе се анализираат искуствата од неговата примена. За да се обезбеди повисоко ниво на услуги, на Управата за јавни приходи и се неопходни соодветни ресурси, како и инвестиции во неколку сегменти и тоа во: техничко технолошката инфраструктура на управата и воведување на нов информационен систем кој што ќе обезбеди повисока ефикасност во функционирањето на Управaта и поедноставување на деловните процеси, инвестирање во континуирани обуки на вработените со цел унапредување на нивното знаење и вештини и воспоставување на повисоки стандарди на професионална и деловна етика, преиспитување на дел од надлежностите за администрирање на неданочни приходи и обврски – РДТ, глоби, концесии, игри на среќа... кои одземаат многу време и енергија и не дефокусираат од основната надлежност наплата на даноците. Сите овие активности ќе обезбедат поефикасни и поквалитетни услуги на УЈП. Затоа, прв приоритет на процесот на организациски промени во наредниот временски период треба да има воведување на нова ИТ инфраструктура која што ќе одговара на барањата на воспоставување на ефикасен систем за размена на податоци и управување со ризици, како основни предуслови за модернизација на даночната управа. Без соодветни инвестиции во човечкиот капитал, технологија и опрема, УЈП нема да биде во можност да го издржи товарот на обврските, ниту да ги задоволи барањата и очекувањата на корисниците на нејзините услуги. XX Многу често УЈП се критикува
Износот на платени даноци не е секогаш показател за успешност XX УЈП веќе некое време редовно објавува листа со најголеми должници. Дали можеме да очекуваме наскоро да се објави и листа на најголеми плаќачи на даноци? Објавување на даночни информации е чувствителна тема, дополнително што истите имаат третман на даночна тајна. Доколку истото не е законско уредено, како што е тоа уредено за Листите на должници кои месечно ги објавува УЈП, во отсуство на јасно дефинирани правила, би можеле да предизвикаме негативен ефект во јавноста. Иако, по правило најголемите плаќачи нормално би било да сакаат да бидат објавени и самоиницијативно, во Македонија е се уште табу тема обелоденувањето на приходите на најбогатите или профитите на најуспешните компании, кое и не е толку работа на УЈП, туку повеќе е дел од бизнис културата и доброто корпоративно управување. Во изминатите години УЈП објавуваше анализи, па често пати не споредуваа и со Форбс, што е сосема погрешно, затоа што износот на платени или неплатени даноци не е секогаш показател за успешноста на една компанија или богатството на една индивидуа. Тоа е тема која бара сериозни истражувања и вклучување на повеќе економски показатели.
дека многу лесно и често ги казнува фирмите, дури и тогаш кога фирмите ненамерно не ги исполниле законските обврски. Дали ќе го промените ваквиот однос кон даночната администрација и што може фирмите да очекуваат во УЈП под ваше раководство? Пред извесно време го прославивме Свети Матеја, денот на даночниците во Република Македонија. Самиот факт што во Библијата се споменува даночник, покажува дека сите организирани форми на држава, историски гледано, спроведувале некаква форма на даночна политика која што го обезбедувала нивното функционирање. Дали една држава ќе биде просперитетна или не, зависи од нејзината даночна политика. Тоа е историска максима која
миноски: За нас како Управа, скратувањето на времето
www.kapital.mk
Капитал број 843/844/845 25.12.2015
49 Главен акцент во делувањето на УЈП ќе настојуваме да дадеме на превентивното делување и едукацијата на даночните обврзници, за тоа кои се нивните обврски и како истите да ги исполнат.
што важи и денес. Управата за јавни приходи ги собира даноците од даночните обврзници со цел да овозможи непречено функционирање на државата и нејзините институции. Преку даноците кои што се прибираат се обезбедуваат средства за финансирање на проектите во образованието, културата, економијата, здравството кои што придонесуваат за подигнување на животниот стандард и на условите за работа и живеење на граѓаните. Како што веќе напомнав, главен акцент во делувањето на УЈП ќе настојуваме да дадеме на превентивното делување и едукацијата на даночните обврзници, за тоа кои се нивните обврски и како истите да ги исполнат. Од друга страна морам да потенцирам дека ние како Управа мораме да користиме и
репресивни алатки. Природата на нашата работа подразбира собирање на даноци. Кога превентивните инструменти ќе се исцрпат, се применуваат казнени мерки и мерки на присилна наплата. Во целокупниот даночен систем Управата е имплементатор на даночните политики, со јасно дефинирани надлежности согласно на закон, со прецизно утврдени начини на делување и рокови на постапување кон кои што ние мораме да се придржуваме. Процесот на откривање на прикриениот данок од аспект на Управата и државата е успех, но не и за сторителот на прекршокот. Казнувањето не е цел за себе, туку нашата основна цел е да обезбедиме почитувањето на законите. Преку нашето енергично делување во сферата на наплатата на даноците, ние придонесуваме за воспоставување на подеднакви услови
за работење на сите деловни субјекти на пазарот и сузбивање на сивата економија, што во крајна линија е во интерес и на компаниите. Доколку при контролата се утврдат недостатоци, даночните инспектори треба да ја утврдат фактичка состојба. Со последните законски измени во Законот за прекршоци при одмерувањето на прекршокот се вклучени неколку елементи меѓу кои што е и претходното поведението на даночниот субјект. Целта на нашите активности е преку унапредување на системот за управување со ризик, субјектите да се категоризираат на помалку и повеќе ризични од аспект на контролата. Се разбира во рамките на нашата организациска структура ќе направиме се, за да се минимизираат можностите за тенденциозно постапување кон деловните
о на поврат на ДДВ, ќе биде еден од главните предизвици
Капитал број 843/844/845 25.12.2015
50
www.kapital.mk
Интервју
субјекти, преку стандардизирање на начинот на вршење на надзор. XX Како се одвива наплатата на даноци во однос на проекциите? Дали успорувањето на економијата се одразува врз помала наплата на даноците? Или во каква состојба е македонската економија ако се оценува преку темпото на наплата на даноци? Ако ги следиме моменталните трендови, оваа година наплатата на даночните приходи процентуално веќе ја надминува наплатата од минатата година, а се надевам дека до 31 декември ќе го достигнеме и планираниот износ. Што се однесува до социјалните придонеси, наплатата бележи позитивен тренд како во однос на изминатата година, така и во однос на планот за оваа година. Податоците со кои што располагаме покажуваат тренд на пораст на приходите од данок на добивка, кај приходите од данокот на додадена вредност се движиме во рамките на проектираните износи со мали отстапувања. Наплатата на даноците е само еден од сегментите на севкупната даночна политика, која што е дел од вкупните економски политики. Во зависност од динамиката на економскиот развој ќе зависи и колкав ќе биде обемот на даноци кои што Управата ќе биде во можност да го прибере од деловните субјекти и граѓаните. Во овој процес ние сме само еден од учесниците во процесот, податоците и анализите со кои што располагаме ќе послужат во процесот на креирање на економските политики на Владата на РМ за наредниот временски период. XX Порано имаше многу жалби од компаниите за повратот на ДДВ. Каква е сега ситуацијата? Воспоставување на нова ИТ инфраструктура со која што би се автоматизирале процесите во УЈП кои што во моментов се спроведуваат рачно, како и унапредувањето на системот за управување со ризик, преку воведување на нови параметри и модели за анализа на ризичноста на субјектите, ќе придонесат кон скратување на времето за поврат на ДДВ-то. Преку забрзување на овој процес средствата се враќаат во реалниот сектор и се подобрува севкупната ликвидност, што влијае позитивно на економскиот раст и развој. За нас како Управа, скратувањето на времето на поврат на ДДВ, ќе биде еден од главните предизвици. Веќе и во последниот Извештај на Европската комисија е констатирано дека има напредок во обработката на барањата за враќање на ДДВ во законскиот предвидениот рок. И во постоечки услови од страна на УЈП се прават сите напори за благовремено администрирање на барањата на компаниите. Нашите процедури налагаат
на процесирањето на повратот да му се Македонија високо котира по пристапи внимателно и истиот да се одложи однос на даночната регулатива кај ризичните даночни обврзници, имајќи и ниските даночни стапки. Колку во предвид дека имавме повеќе случаи рамниот данок успеа да ги исполни на даночни измами со поднесување на целите? лажни пријави со кои се бара поврат Во Македонија рамниот данок се покажа на данок, преку користење на фиктивни како успешна приказна, посебно ако или фалсификат документи, со што и се се земе предвид дека и во услови на нанесува штета на државата и се празни глобална финансиска криза, Македонија државната каса. беше една од ретките земји кои успеа да обезбеди стабилно ниво на наплата на XX Колку УЈП е флексибилна кога даночните приходи во комбинација со станува збор за наплата на антикризни мерки, што не беше случај во даноци, во услови кога кризата во некои развиени економии, кои прибегнаа домашната економија кулминира дури и кон зголемување на даночните со неликвидност кај приватните стапки. Политиката на рамни даноци или компании? Со оглед дека УЈП е орган кој што е на прогресивно оданочување секогаш фокусиран на наплата на даноците и има „за“ и „контра“ аргументи, како меѓу неговата активност е строго регулирана стручната јавност, така и во политичките со позитивните законски прописи, нашата кругови. Она што го говорат бројките е “флексибилност„ е детерминирана од истите. дека моделот на рамни даноци одговара Настојуваме да бидеме транспарентни во за македонската економија, на развојот процесот на спроведување на контролите, и на бизнис менталитетот. редовните контроли речиси без исклучок Дополнително што од аспект на УЈП се најавени за субјектите на надзорот, овој модел подразбира поедноставшто на истите им обезбедува можност но администрирање и следење на да се подготват за надзорот и да ја даноците. комплетираат сопствената документација. Мојот личен став е дека можеби треба да се размисли и за понатамошни Од друга страна, прашањето даночни олеснувања или за пристапот до финансии Моделот на намалување на даночни во домашната економија и стапки за определени целни рамни даноци ликвидноста на компаниите како што се микро и бара покомплексна анализа. одговара за групи мали претпријатија, со што Дел од факторите кои штои македонската дополнително би се влијаело влијаат на ликвидноста на на нивната ликвидност и економија, компаниите се од објективна можностите за развој. На природа, а дел од субјективна. на развојот овој начин би се придонело Покрај т.н. маѓепсан круг и на бизнис за ослободување на на неликвидност кој што менталитетот. нова позитивна енергија произлегува од нерешените во економијата. Нашата должничко доверителски примарна цел како држава односи меѓу компаниите, постојат и низа субјективни фактори (лоши треба да биде да создаваме богати деловни одлуки, несоодветен бизнис компании со што ќе се креираат поголеми можности на општествена благосостојба модел и сл.). Со законот за финансиска дисциплина се и напредок. настојува дел од овие прашања да бидат XX Бидејќи засега никој не најавува адресирани. зголемување на даноците, имате Во најголем дел од развиените економии ли проценки кои се зоните кои многу често со цел да се минимизира не се доволно опфатени со ризикот пред да се стапи во деловен однос оданочување и со кои може да се или на континуирана основа деловните зголемат приходите од даноци во партнери се следат и преку повлекување буџетот? на соодветни кредитни извештаи. На тој Со поддршка на ММФ изработен е начин се придонесува за минимизирање извештај за Управување со ризикот на на ризиците од деловниот однос. услогласеност. Воедно е воспостевен Она што јас можам да го кажам е дека Совет за управување со усогласеност ако ги следиме состојбите и движењата чија што основна цел е да го анализира кај ДДВ-то, особено на долговите кај овој вкупниот опфат на даноците на ниво на данок, кој е битен показател за кондицијата држава и да ја утврди големината на на економските субјекти, состојбата не даночниот јаз. Мерењето на усогласеноста е толку лоша ако се анализира 2015 се врши врз основа на точно утврдена година. Генерално, даночните долгови за меѓународна методологија, која што ДДВ опаѓаат и бележат пад во споредба ги дефинира основните индикатори со минатата година, што се должи на за мерење на усогласеноста кои што навремено пријавување и плаќање на овој понатаму ќе се следат на квартално данок и подобрено администрирање. и годишно ниво. Планираме овој процес да го интензивираме во текот XX Во меѓународните извештаи
миноски: Ја гледам Управата за јавни приходи како институција
www.kapital.mk
Капитал број 843/844/845 25.12.2015
51
Македонија не е имуна на коруптивно и криминално делување XX Неодамна беше објавен извештај на „Глобал фајненшл интегрити“ во кој се вели дека за девет години на нелегален начин од Македонија се изнесени над 5,1 милијарди долари. Колку Македонија има капацитет и механизми за следење на вакви финансиските трансакции и незаконски одливи на пари и ефикасна борба против криминалот и корупцијата? Во споменатиот извештај се опфатени сите држави во светот и се следат перењето пари, даночното избегнување, криминалот и сл. Македонија како држава не е имуна на постоењето на поединци и групи кои што делуваат коруптивно и криминално. Во таа насока, УЈП учествува во активностите на Националниот координативен центар, во кој што се застапени и останатите институции кои што имаат надлежности во делот на спречување на корупцијата и криминалот како што се: МВР, Финансиската полиција, Царината, Јавното Обвинителство и слично. Главната цел на активностите на ова тело е зголемување на меѓуинституционалната соработка и координираност во идентификување и спречување на криминални групи кои делуваат на територијата на Република Македонија или на меѓународно ниво. Во однос на ова прашање УЈП е активно вклучена во следењето на спроведувањето на Меѓународните договори за одбегнување на двојно оданочување, како и следење на исплатите на приходи на компании кои не припаѓаат на држави со кои Македонија нема склучено вакви договори.
на следната година. На овој начин ќе бидеме во можност прецизно да ги дефиниранме стратешките приоритети на Управата, кои што ќе бидат преточени во соодветни планови, цели и задачи. Се разбира за прогрес во оваа насока неопходни ни се соодветни бази на податоци, модерна ИТ инфраструктура и современи алатки за управување со ризик без кои штои процесот на остварување на посакуваните цели ќе биде забавен. Инвестирањето во нови технологии во Управата ќе обезбеди повеќекратно поголеми бенефити за државата во однос на инвестираните средства, преку повисоката наплата на даноци и креирање на подобро деловно опкружување. На овој начин ќе ги обесхрабриме сите оние кои што планираат да дејствуваат во т.н. сиви зони. XX Е-даноци е една од првите електронски услуги кои ги воведе администрацијата во Македонија. Како тоа функционира и дали фирмите ги користат? УЈП е пионер во воведувањето на електронските услуги. Од 2006 година до денес направени се големи чекори не само во делот на зголемувањето на бројот на услуги кои се достапни електронски за корисниците, туку и во олеснувањето на пристапот кон е-Даноци. Во моментот од 113.476 корисници, 84.467 се фирми кои ги користат е-даночните услуги. Со воведувањето на новите услуги за е-плаќање на радиодифузната такса и персоналнит данок со безготовински картички, овие сервиси станаа привлечни и за граѓаните. Е-Даночните сервиси овозможуваат поднесување на даночни пријави, плаќање на даноци, преглед на состојба и даночни долгови издавање на документи, регистрација на ГПРС фискален уред за овластените производители, пријавување на неправилности...Она на што работиме е воведување на електронска достава на документи, што ќе овозможи двонасочна комуникација со даночните обврзници, што дополнително ќе ги поедностави постапките за пријавување и плаќање на даноци, односно ќе ги намали трошоците и времето поврзани со администрирањето на даноците не само за бизнисите, туку и за УЈП. Истовремено, работиме на подобрување на перформансите и капацитетите на е-Даноци со цел во пиковите, кога истекуваат крајните рокови за поднесување на пријавите, УЈП да може да опслужи голем број на корисници во најкраток можен рок. Нашата стратешка цел е „Даночна админис т р ација б ез харт ија“ и целосна ориентација кон електронска комуникација и автоматизација на деловните процеси. Ќе продолжиме да дејствуваме во таа насока. nnn
која што треба да биде во служба на бизнисите и нивниот развој
www.kapital.mk
Капитал број 843/844/845 25.12.2015
54
ДЕЛОВНА 2016
Пораст на бдП
Пораст на извоз
3,8%
*Проценки на ММФ Извор: Државен завод за статистика
1,8%
2010
3,2%
2,7%
2,3%
3,2%
5,9% Пораст на увоз
5,9%
2011
2012 -0,5%
2013
2014
2015*
2016*
раст на странска Побарувачка2018* 2017*
1,6%
% 32,3% 35,6% 3,2% 49,1% 1,5% Приходи во буџет
трошоци од буџет
буџетски дефицит
јавен долг
инфлација
од бдП
кредитен раст
БУГАРИЈА
Проценки за најголемите извозни Партнери
2,8%
1,9%
7% - 8% стаПка на невработеност
26,4%
4,5% ГЕРМАНИЈА
1,9% 4,0% ИТАЛИЈА
1,3%
3,7% ГРЦИЈА
-1,3% l Пораст на бдП l Пораст на увоз
СРБИЈА
3,0%
1,5%
Прогнози: Политичката нестабилност и грчката кр
www.kapital.mk
Капитал број 843/844/845 25.12.2015
55 Позитивни проценки за извозните пазари
Ако германскиот брод плови побрзо, ќе го повлече и нашиот чамец! Данкешн Германија! Затоа што германската економија во 2016 година ќе забрза со раст од 1,9% што е добра вест за македонските извозници оти речиси половина од сите производи што ги продаваме на странските пазари, завршуваат токму во Германија. Освен за германскиот пазар, меѓународните финансиски институции прогнозираат забрзување на економиите и на другите најголеми трговски партнери на Македонија, но со исклучок на Грција, каде што продолжува нова епизода од серијата „Рецесија“. Имајќи ги предвид прогнозите за трговските партнери, Народната банка излезе со проценка дека македонските компании следната година ќе продадат 6% повеќе производи на странските пазари. Најголем ризик за македонската економија ќе биде политичката нестабилност. Ако исходот од неколку месечната политичка криза е Договорот од Пржино кој што барем засега ги развлекува временските одредници за реформите, и иако предвидува датум за предвремени избори, не гарантира дека ќе се спроведе така како што е договорено, бизнис секторот со право стравува што ќе се случува следните месеци. Растот на економијата, ќе се движи од 3,2% колку што проценува ММФ, до 3,5% колку што прогнозира Народната банка.
криза најголеми ризици за домашната економија
www.kapital.mk
Капитал број 843/844/845 25.12.2015
56
ДЕЛОВНА 2016
Подготвил:
Александар Јанев
Д
aleksandar.janev@kapital.mk
Данкешн Германија! Затоа што германската економија во 2016 година ќе забрза со раст од 1,9% што е добра вест за македонските извозници оти речиси половина од сите пр оиз в од и што ги продаваме на странските пазари, завршуваат токму во Германија. Иако скептичарите предвидуваа дека „Дизел гејт“ аферата што и се случи на втората по големина автомобилска компанија во светот, Volkswagen, ќе го урне имиџот на целата германска индустрија, сепак, бројките на пораст на продажбата на овие автомобили докажаа дека Германците се махери да ја вратат довербата дури и кога личи на катастрофа. „Извозот во Германија главно го прават германските компании што работат во Македонија кои што произведуваат за автомобилската индустрија. Имајќи предвид дека некои од нив продолжуваат да ги зголемуваат активностите, прилично сум сигурен дека следната година извозот во Германија ќе расте. Сепак, тешко е прецизно да се предвиди со податоци колкав ќе биде извозот, бидејќи се уште не се знае што точно ќе се случува во автомобилската индустрија во Германија следната година“, вели Мартин Кнап, претседател на Македонско – германската стопанска комора. Интересно е што Германскиот институт за економски истражувања проценува дека најголема перспектива следната година има градежниот сектор, односно дека ќе се градат многу згради во повеќе градови поради зголемената побарувачка од мигрантите. Овие проценки се исто така добри вести, особено за извозниците од металската индустрија бидејќи челичните конструкции најмногу се употребуваат во градежните активности.
Бројка:
44%
од извозот во првите десет месеци годинава завршил на германскиот пазар со што Германија е најголем трговски партнер на Македонија Она што загрижува е развојот на кинеската економија, бидејќи корпоративна Германија се навикна на растечка побарувачка од Кина. Во време кога Кина се соочува со забавување на растот, неизвесно е колку германски машини ќе им обезбеди на кинеските фабрики и колку луксузни автомобили ќе им продаде на директорите на кинеските компании. Освен за германскиот пазар, меѓународните финансиски институции прогнозираат забрзување на економиите и на другите најголеми трговски партнери на Македонија, со исклучок на Грција, каде што продолжува нова епизода од серијата „Рецесија“. Речиси невозможно делува да се проектира како ќе плови грчкиот брод, особено што меѓународните кредитори повторно ќе го зголемат притисокот да се спроведе некоја реформа во замена за секоја следна транша од неколку милијарди евра. Без оглед колку и да бара слободен простор за маневар, грчкиот премиер Алексис Ципрас не може да си дозволи нова криза и спор со Европа, што значи дека следната година на неговата агенда несомнено ќе се најдат реформата на платите во јавниот сектор, концептот за реформа на пензискиот систем, кои што подразбираат радикално штедење. Тоа според економистите значи дека Грците помалку ќе купуваат, односно побарувачката за производи ќе се намалува. Менаџерите на македонските компании што извезуваат во Грција, коментираат дека не очекуваат дека ќе го зголемат извозот, а се надеваат дека нема ниту да се намали.
„Иако Грција е исправена пред сериозни реформи што предвидуваат кратење и штедење на пари, сепак, како членки на Европската Унија добиваат значителна помош, особено во делот на изградбата на јавната инфраструктура и тоа е она што не интересира нас бидејќи нашите производи ги користат во јавните инвестиции. Од тој аспект, нашиот извоз во Грција не е загрозен, но исто така не очекуваме ниту дека ќе се зголеми. Добро е што сега нема проблеми со плаќањата, како што се појавија кога банкарскиот систем се затвори во екот на кризата“, вели Васко Сепетовски, извршен директор на гевгелиската компанија Конти Хидропласт, која четвртина од производството го продава токму на грчкиот пазар. За шест години, извозот во Грција е повеќе од преполовен. Ако во 2008 година, во на грчкиот пазар биле продадени производи во вредност од 535 милиони долари, лани вредноста на извозот во Грција изнесуваше 226 милиони долари. Сепак, Грција е меѓу петте најголеми извозни пазари за македонските производи. Од останатите значајни извозни пазари, Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), прогнозира економски раст од 1,9% во Бугарија, 1,5% во Србија и 1,3% во Италија. Една од компаниите што најголем дел од извозот го пласираат во регионот, е прилепска Витаминка. Генералниот директор на компанијата, Сашо Наумоски, вели дека веќе склучиле договори за нови нарачки од Бугарија, Србија и Хрватска. „Ние како компанија проценуваме дека ќе го зголемиме извозот во регионот и очекуваме дека следната година ќе биде подобра од оваа“, додава Наумоски. Менаџерите на компаниите од текстилната индустрија исто така велат дека обезбедиле нарачки и за следната сезона што значи дека веќе имаат работа до април. „Веќе обезбедивме нарачки и за следната сезона што значи дека имаме обезбедено работа до април. Какви ќе бидат нарачките за текстилните компании во целина ќе зависи главно од тоа што ќе се случува во Германија и другите наши најголеми
www.kapital.mk
Капитал број 843/844/845 25.12.2015
58
ДЕЛОВНА 2016
трговски партнери во Европа“, вели Ангел Димитров, генерален директор на текстилната компанија Мода од Свети Николе, но според него, текстилната индустрија ќе се соочи со сериозни проблеми на среден рок. Имајќи ги предвид прогнозите за трговските партнери, Народната банка излезе со проценка дека македонските компании следната година ќе продадат 6% повеќе производи на странските пазари. Во еден од последните извештаи, централната банка анализира дека извозот во следните две години солидно ќе се зголеми „главно поради зголемената извозна активност од новите капацитети на странските инвеститори во технолошко индустриските зони“.
Цените на металите ќе паѓаат
Народната банка предупреди дека се влошуваат условите за извоз на метали и поради тоа дури и ја ревидираше проекцијата за економскиот раст кон понегативна. Во последниот Извештај на Народната банка пишува дека „состојбата во домашната метална индустрија и понатаму е неповолна, во услови на сè уште ниски цени на металите на светскиот пазар“. Народната банка анализира дека цените на металите забележале поголем пад од очекуваниот како последица на забавувањето на растот во Кина и девалвацијата на јуанот, како и на постојаното зголемување на понудата во глобални рамки. „Се очекуваат натамошни неповолни движења кај цените на металите и во следната година. Гледано по одделни метали, сега се проектира поголем пад на
цената на никелот и железото и пад наместо раст на цената на бакарот и челикот, во време кога постојат солидни залихи и пониска побарувачка од Кина. Имајќи ги предвид проекциите за натамошно забавување на кинеската економија и задржување на поволните изгледи на страната на понудата за повеќето метали, во 2016 година е извршена надолна ревизија на цените на никелот, бакарот и челикот, при што се очекува дека тие ќе се движат во зоната на негативни промени“, предупреди Народната банка. Менаџерите на компаниите од металната индустрија чиј што удел во вкупниот извоз е над 13%, потврдуваат дека поминуваат низ тешка криза и дека се неопходни конкретни мерки за спас на оваа индустрија. Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, рече дека металната индустрија не само што не е заштитена, туку е нападната и оневозможена да биде природната локомотивата која ќе не извлече од криза. “Иако оваа гранка е една од носечките индустрии, бројот на фирмите во оваа индустрија е мал, па често се смета дека тие повеќе зборуваат од лични интереси. Најновата студија покажува со бројки дека она што го зборуваме и бараме како мерки не се лични интереси, туку реална потреба на целата економија”, вели Азески, која најави дека Стопанската комора на Македонија ќе застане целосно зад барањата на оваа индустрија. “Ако сите заедно не ги поддржиме барањата за основните, базните индустрии, никогаш не можеме да го достигнеме растот од 7% кој ни е потребен”, смета Азески.
Nie go obnovuvame minatoto... Nie ja gradime idninata...
Според последната студија која ја направи Стопанската комора на Македонија, металната индустрија индиректно преку синџирот на снабдувачи и купувачи, создава и поддржува над 27 илјади работни места.
Политичкиот ризик најголем
Првиот најголем ризик за македонската економија е политичката нестабилност во земјава. Најголем дел од анкетираните бизнисмени од Капитал, посочија дека брзината на надминување на политичката криза ќе биде клучна за бизнисот. Ако исходот од неколку месечната политичка криза Договорот од Пржино кој што барем засега ги развлекува временските одредници за реформите, и иако предвидува датум за предвремени избори, не гарантира дека ќе се спроведе така како што е договорено, бизнис секторот со право стравува што ќе се случува следните месеци. Искуството досега (Македонија во просек поминува низ изборен циклус на секоја година и пол) покажа дека изборните кампањи неофицијално почнуваат уште во моментот кога се објавува датумот за изборите, а сите бизнис активности во тој период замираат. Тоа значи дека во времетраење од тричетири месеци фирмите се воздржуваат да инвестираат „чекајќи го исходот“, наплатата на фактурите се пролонгира, како од приватните компании, така и од државата, реформите се одложуваат бидејќи државните функционери целата енергија ја насочуваат во предизборните кампањи. „Проблематично во предизборието е што не работат државните институции. Тоа значи дека се запира вадењето на градежните дозволи, лиценци или концесии за земјиште што значи дека ќе се одолжат и инвестициите. Особено ќе бидат погодени компаниите ш то п р о и з в е д у в а а т з а домашниот пазар и кои што работат за државата“, вели Кочо Анѓушев, претседател на Бордот на директори на Брако. Уште од сега и бизнисмените и граѓаните може да се навикнат на идејата дека во следните неколку месеци ќе сведочат на најжестока предизборна кампања до сега. Тоа значи нови потрошени државни пари, нови тормозења на граѓаните со платена политичка програма, нови билборди, флаери, тропање од врата на врата на партиски активисти, нови митинзи, нови притисоци и изборни лакрдии. По правило, наместо решенија за реалните проблеми, изборите носат нов бран на популизам кој треба да регрутира гласачко тело. nnn
ŮƍƉƇŽƃŧƑůƑŧ ŝŧƑƓŝřƅř ƃ ŭśŽůūƓŝřřƑ
śžƦž ŌŌŐ żƇŽƁƆƁ
ŞƋƓƉřƛůŷř ƐƋůşŽřŝ
Ū Ʀž źƁŽž ŻƇ ƉžŽ www.triglav.mk
Капитал број 843/844/845 25.12.2015
60
www.kapital.mk
Интервју
interview
такИ ФИтИ претседател на Македонска академија на науки и уметности (МАНУ)
Да престанат полИтИчкИте апсурДИ заслужуваме Да жИве во просперИтетна Држ
ФИтИ: Да се работИ на поДобрување на бИзнИс клИма
www.kapital.mk
и оти ееме жава
Капитал број 843/844/845 25.12.2015
61
проаѓаме низ длабока и сериозна политичка и општествена криза. ваквата ситуација не може, а да не се одрази врз економијата на земјата. во економската наука е одамна познато дека очекувањата на луѓето и на економските субјекти за она што ќе се случува во иднина имаат круцијално значење и силно влијание врз состојбата на економијата. ако песимистичките очекувања надвладеат, т.е. ако луѓето очекуваат лоши времиња, тогаш, поттикот кон инвестирање малаксува, склоноста на луѓето кон потрошувачка намалува и тоа води кон економски кризи. се надевам дека разумот ќе преовлада, да сугерираме до раководствата на политичките партии да ја “спуштат топката“, да го релативизираат заемниот анимозитет кој оди до апсурд, да разберат дека граѓаните на македонија заслужуваат да живеат во демократско и економски просперитетно општество. периодот до предвремените избори е критичен за нашата земја. неопходно е да се реализира договорот од пржино, да се организираат фер и демократски избори кои ќе бидат верифицирани од меѓународната заедница, за да можеме да “впловиме“ во помирни води, да ги забрзаме евро атлантските интеграциски процеси и да отвориме перспективи за подобра и посреќна иднина на македонија.
A пишува:
александар Јанев
aleksandar.janev@kapital.mk
Академикот Таки Фити од неодамна стана нов претседател на Македонската академија на науки и уметности (МАНУ), меѓутоа, ова интервју го направивме во неговиот кабинет на Економскиот факултет. Иако во неговата кариера многу пати извршуваше многу битни функции, беше министер за финансии, гувернер на Светската банка за обнова и развој, вицегувернер на ММФ, консултант на ОЕЦД, советник на претседателот на државата, на гувернерот, сепак, вели дека професорскиот кабинет му е најомилен. Во ова прво интервју откако застана на чело на МАНУ, академик Фити јасно и гласно зборува за анимозитетот меѓу политичарите што оди до апсурд и ги малакса граѓаните, сугерирајќи им да ја „спуштат топката“ оти заслужуваме да живееме во демократска и економски просперитетна држава. Тој предупредува и за катастрофалните последици што ќе ги претрпи Македонија ако властите не го спречат масовното иселување, особено на младите образовани луѓе, за трошењето на народните пари, за неговата визија за МАНУ во следните четири години. XX г – не Фити, која е вашата визија за македонската академија на науки и уметности (ману) како нејзин претседател во следните четири години? Ќе успеете ли да ја промените нејзината улога во општеството во институција од каде што ќе доаѓаат решенија за проблемите што за властите ќе бидат фактор? Еден од значајните приоритети на МАНУ во идниот период ќе биде и јакнење на нејзината советодавна функција. Практика е во многу национални академии во светот, во рамките на академиите, да се формираат постојани и ад - хок групи, составени од академици, но и од компетентни кадри надвор од академиите, од кои Владата и другите соодветни институции - владини, паравладини итн., можат да побараат расправи и совети за значајни прашања од одделните научни области, од сферата на уметностите и пошироко за круцијални
ата за Фирмите Да биДат основен Двигател на растот
www.kapital.mk
Капитал број 843/844/845 25.12.2015
62
Интервју
општествени прашања и проблеми и да чујат што за тоа кажува науката (светската и домашната). Јас сум свесен за фактот дека насекаде во светот науката е таа што советува, што нуди алтернативни решенија и дека политиката е таа што одлучува, но тоа не ја амнестира ниту науката ниту политиката од одговорноста за отсуство на заемна соработка. Ваквата функција на националните академии во светот не е случајна, напротив таа треба да се гледа во контекст на фактот дека академиите на науките се тие кои го интегрираат и синтетизираат националното и пошироко светското знаење во сите сфери на општеството. XX Значи ли дека економијата ќе добие поважно место на агендата на МАНУ со оглед на тоа што тоа е ваша специјалност како професор на Економскиот факултет? Значењето на економијата е неспорно, н о з н ач а ј н и се и д ру г и те н а у к и (општествени, природни, технички), како и уметностите - зошто без целината и без интердисциплинарен пристап не е можно да се осигури комплексноста на развојниот процес во општеството. XX За време на Вашиот избор, најавивте документ со приоритети за политичкиот и економскиот развој на земјата што ќе го доставите до Владата. Кои се според Вас итните реформи што мора да ги спроведат властите за да се подобри бизнис климата и да се отворат што повеќе фабрики? За стабилен и оддржлив развој на Македонија во иднина неопходно е јасно да се дефинираат и разработат, со научен пристап, приоритетните и круцијални прашања во одделните сфери на општественото битисување. Во сферата на економијата, на пример, јас би издвоил неколку клучни приоритети: (1) дефинирање на модел на економски развој, иманентен на современите пазарни економии, т.е. модел во кој приматот во развојот му припаѓа на приватниот сектор, додека државата (Владата) ги креира општите услови на развојот, т.е. креира поволна, пријателска бизнис клима, во смисла на инкорпорирање на поттици во системот кои ќе ги охрабрат фирмите продуктивно да инвестираат, да ги шират бизнисите и да создаваат нови работни места. По Големата рецесија од 2007 - 2009 година, во светот веќе постои јасна тенденција на повлекување на владите од претераното инволвирање во економската активност и таквата траекторија треба да ја следиме и ние; (2) квалитативно подобрување на состојбите во сферата на образованието, науката, истражувањето и развојот и иновативната активност е вонредно значаен приоритет. Овде станува збор за заемно поврзани квалитативни фактори на економскиот раст чијашто целина
носи синергетски развојни ефекти. Во современата економска литература се повеќе се укажува дека иновациите и претприемништвото се носители на динамизмот во економската активност; (3) јакнењето на квалитетот, кредибилитетот и ефикасноста (капацитетот на дејствување) на инс тит уциите, подеднакво на национално и локално ниво, е вонредно значаен фактор за динамизирање на растот. Колку е значајно ова прашање за нас, во услови на актуелнава политичка и општествена криза, е излишно да се говори; (4) забрзување на евро - атлантските интеграциони процеси за мала и отворена економија, каква што е Македонија, е фактор од непроценливо значење за идниот раст и развој. Очевидно, овде станува збор за четири клучни приоритети, кои даваат можност, во нивни рамки, да се елаборираат најзначајните и најгорливите економски (и не само економски) прашања со кои денес се соочува нашето општество и да се синтетизираат препораки и сугестии за креаторите на политиките. Патем кажано, треба да се напушти практиката на дефинирање на голем број приоритети, бидејќи во таква ситуација приоритетите, de facto, и не постојат. Мислам дека, на сличен начин, треба да се дефинираат приоритети и во други области - уметностите, културата и сл. МАНУ, преку научни проекти и бројни научни собири, веќе работи на овие прашања и ние во иднина, во рамките и на одбележувањето на нашиот голем јубилеј (50 години МАНУ - во 2017 година) ќе излеземе со таков документ. Подолгорочно, неопходно е да се работи и на комплексна развојна стратегија на Република Македонија. XX Некои извештаи како Doing business ја рангираат бизнис климата во Македонија високо, па дури и пред Германија. Сметате ли Вие дека Македонија има подобри услови за водење бизнис од Германија? Подобрувањето на клучните сегменти на бизнис климата е одговорност на централната влада, но и на локалните в л а д и (е д и н и ц и те н а л о ка л н а та самоуправа). Скратувањето на времето за регистрација на фирми, т.н. “регулаторна гилотиња“, подобрувањето на ефикасноста на катастарот, рамниот данок и сл, се сфери во кои во последниве години е постигнат напредок. Но други значајни сегменти на бизнис климата и понатаму се проблематични. Тоа особено се однесува на хипертрофираната и неефикасна јавна администрација, слабостите во судскиот систем и ефикасноста на извршување на договорите, корупцијата, инволвирањето на политиката во бизнисот, лошата состојба со регионалната и локалната инфраструктура (лоши патишта, лоша комунална инфраструктура и сл.). Doing Business, состојбата на бизнис климата ја
Јас верувам дека Македонија, доколку земјата на политички план “заплива“ во помирни води, преку добро конципирана фискална консолидација, се уште може да ги поправи состојбите во фискалната сфера. Фискалната консолидација е долг и мачен процес и тој претпоставува рационализација на јавната администрација за подигање на капацитетот на нејзино дејствување, елиминирање на бројните форми на непродуктивна и нерационална буџетска потрошувачка административни згради, мебел, автомобили, споменици, редефинирање на критериумите за социјални трансфери, субвенции. Тоа би требало да отвори простор за нормално функционирање на буџетот - за исплата на плати, пензии, социјални трансфери, главно од редовните буџетски приходи, и за користење на буџетските дефицити за продуктивни владини проекти - патишта, модернизација на железницата, гасификација, истражување и развој.
Фити: Луѓето се малаксани, очекуваат лоши в
www.kapital.mk
Капитал број 843/844/845 25.12.2015
63
искажува преку т.н. композитни индекси кои даваат некаква апроксимација за напредокот во оваа сфера. Ваквата методологија има одредени слабости за кои се свесни и нејзините креатори - на пример, ако направите модерна законска регулатива во одредена сфера, рангот на земјата можете значајно да го подобрите. Но ако отсуствува имплементација на регулативата (што е слабост на многу земји од Југоисточна Европа), работите суштински не се промениле. Ако го споредувате квалитетот на одделни сегменти на бизнис климата, на пример даночното оптоварување, Македонија со рамен данок, т.е. ниско оптоварување на бизнисот и на доходот на граѓаните, ќе покаже подобра позиција од Германија. Но тоа не значи дека имаме поповолна инвестициона клима од Германија, бидејќи според други релевантни сегменти на бизнис климата (антимонополска контрола, пристап на фирмите до средства за финансирање на растот, софистицирани мерки за поддршка на малите бизниси, т.е. ризичен капитал, лизинг, франшизинг, бизнис инкубатори, технолошки паркови, субконтрактниг, кредибилитет и ефикасност на институциите итн. итн.) Германија стои
неспоредливо подобро не само во однос на Македонија, туку и во однос на многу други земји членки на ЕУ. XX Просечниот економски раст во земјава во последните пет години е само 2,2%, а проценките на меѓународните финансиски институции за следната година се движат околу 3%. Доволна ли е оваа стапка на раст за земја во развој како што е Македонија, што притоа се претставува како втор најдобар успех во Европа и како може да ги достигнеме стапките на раст над 6% што ги ветува секоја власт? Стапка од 6% е тешко остварлива за земјата (остварена е само во 2007 година), бидејќи релевантни студии од оваа област (вклучувајќи ги тука и оние на Светската банка) потврдуваат дека т.н. стапка на раст на потенцијалниот БДП на Македонија се движи во распонот помеѓу 4,8 до 5,5%. Ако претпоставиме дека со стапка на раст на БДП од 5% - 5,5%, македонската економија функционира на својот потенцијал, тогаш е јасно дека тоа се случи само во годините 2006, 2007 и 2008. Потоа се почувствуваа ефектите од Големата рецесија и стапките
на раст значајно се намалија, а во годините 2009 и 2012 македонската економија оствари негативни стапки на раст. Од друга страна, многу пати до сега е кажано дека без подолгорочна серија на раст на БДП, со стапки блиски или нешто над потенцијалот на економијата, ефектите од растот тешко се ефектуираат врз подобрувањето на животниот стандард на граѓаните. Другиот проблем е во сферата на распределбата на доходот. Ако таа е неправедна, значи ако голем дел од плодовите на растот завршуваат кај мал сегмент од популацијата (на пример, кај најбогатите 10% или 20% од вкупната популација), сиромаштијата продолжува да егзистира и понатаму. Во иднина е неопходно напорно да се работи на подобрување на клучните сегменти на бизнис климата и приватниот сектор (секторот на претпријатијата) да стане основен двигател на растот преку пораст на инвестициите и оспособување на економијата да продуцира нови продуктивни вработувања. XX Економските причини доведоа и до масовен егзодус на македонските граѓани во последните години. Која е опасноста за државата доколку
времиња, а тоа води кон економска криза
www.kapital.mk
Капитал број 843/844/845 25.12.2015
64
Интервју
овој тренд продолжи и како може да се спречат иселувањата, особено на младите образовани луѓе? Масовното иселување на младата и високо образована популација од земјата е сериозен проблем. Ова, дотолку повеќе што Македонија, според показателот истражувачи со полно работно време (еквивалент) на 1 милион жители, стои многу полошо од голем број земји на Југоисточна Европа, доста полошо дури и од Србија, Црна Гора и Хрватска. Долгорочно гледано, решението на проблемот е во динамизирање на растот преку инвестициите на приватниот сектор и отворање нови продуктивни работни места. На краток рок, мислам дека многу брзо, промптно, треба да се реагира и да се изнајдат можности на нашите најдобри дипломирани студенти, магистри и доктори на науки, да им се овозможи лесен пристап за вработување во земјата, за да се
спречи нивниот одлив во странство. За тоа е неопходно политичарите и научните работници (од универзитетите, МАНУ и другите научни институции) да договорат јасна динамика за вработување на нови млади научни кадри во сите научни институции. Трошоците за вработување на овој дел од популацијата би биле занемарливи во однос на долгорочните последици што земјата ќе ги трпи од губењето на човечкиот капитал преку одливот на младата високообразовна популација во странство. XX Долгот на државата во последните пет години е двојно зголемен, а властите најавуваат дека во следните три години ќе се задолжат за уште две милијарди евра. Колку е одржлив јавниот долг имајќи предвид како се трошат позајмените пари? Каква е опасноста Македонија да се доведе во ситуација да не може да ги враќа долговите? Во моите трудови и јавни настапи редовно сум укажувал дека креаторите на економските политики треба да бидат крајно претпазливи во однос на создавањето на буџетските дефицити, бидејќи тие водат до кумулирање и пораст на јавниот долг на земјата. Во екот на глобалната финансиска криза, т.е. по 2008 година, кога земјата креираше буџетски дефицити од 2,5% до 2,8% од БДП, моето мислење беше дека тие можат да се третираат како нормална антициклична мерка во време на рецесија, но и дека тие брзо треба да почнат да се редуцираат под 2,5%. Да потсетам дека подоцна, на ваква претпазливост упатуваа и анализите на ММФ - во рамките на проверката на критериумите врзани за т.н. Кредит за претпазливост експертите на ММФ сугерираа дека веќе по 2011/ 2012 година, Владата треба да ги намали буџетските дефицити на 2,2% од БДП и да преземе натамошни редукции во наредните години за да се создаде
фискален простор за интервенции во случај на опаѓање на економската активност во иднина. За жал тоа не се случи. Напротив, според податоците на НБРМ, во 2013 година буџетскиот дефицит достигна 3,9%, а во 2014 година 4,2% од БДП. Така, состојбата со задолженоста на земјата стана загрижувачка поради следниве причини: (1) динамиката на пораст на јавниот долг е неодржлива - за шест години тој, фактички, е дуплиран; (2) бруто надворешниот долг на земјата (овој го содржи и долгот на корпоративниот сектор) надмина 70% од БДП и според овој критериум земјата е високо задолжена; (3) нормалното сервисирање (исплата) на долгот е во тесна корелација со извозните приходи на економијата, а Македонија се уште е земја со слаби извозни перформанси (и покрај определеното подобрување на структурата на извозот од аспект на степенот на финализација на извозните производи евидентно во последниве неколку години); (4) земјата во голема мера го редуцираше својот фискален простор со непродуктивни јавни инвестиции. Оттука, за да се избегне понатамошно зголемување на товарот на долгот (со сите негативни импликации што од тоа произлегуваат), неопходно е да се утврди јасна динамика на фискална консолидација, т.е. на намалување на буџетските дефицити, се разбира, преку елиминирање на непродуктивната владина потрошувачка и преку пристапи кои во поновата економска литература од оваа област се прилично добро елаборирани. XX Кога денес би биле повторно министер за финансии, би дозволиле ли најголем дел од народните пари да се трошат за плати за администрацијата, пензии, социјална помош или за споменици, плоштади и фасади? Кои се економски оправдани проекти во кои што треба да вложува државата, а ги нема? Јас верувам дека Македонија, доколку земјата на политички план “заплива“ во помирни води, преку добро конципирана фискална консолидација, се уште може да ги поправи состојбите во фискалната сфера. Фискалната консолидација е долг и мачен процес и тој претпоставува реализација на сериозни реформи во економската и не само во економската сфера: комплексна анализа на структурата на буџетските трошоци за да се избере соодветен пристап за рационализација на јавната администрација и за подигање на капацитетот на нејзино дејствување, за елиминирање на бројните форми на непродуктивна и нерационална буџетска потрошувачка - административни згради, мебел, автомобили, споменици и сл, за редефинирање на критериумите за
Фити: Да ги вработиме младите образовани лу
www.kapital.mk
Капитал број 843/844/845 25.12.2015
65
Масовното иселување на младата и високо образована популација од земјата е сериозен проблем. Долгорочно гледано, решението на проблемот е во динамизирање на растот преку инвестициите на приватниот сектор и отворање нови продуктивни работни места. На краток рок, мислам дека многу брзо, промптно, треба да се реагира и да се изнајдат можности на нашите најдобри дипломирани студенти, магистри и доктори на науки, да им се овозможи лесен пристап за вработување во земјата, за да се спречи нивниот одлив во странство. Трошоците за вработување на овој дел од популацијата би биле занемарливи во однос на долгорочните последици што земјата ќе ги трпи од губењето на човечкиот капитал преку одливот на младата високообразовна популација во странство. социјални трансфери, субвенции итн. итн. Тоа би требало да отвори простор за нормално функционирање на буџетот - за исплата на плати, пензии, социјални трансфери, главно од редовните буџетски приходи, и за користење на буџетските дефицити за продуктивни владини проекти - патишта, модернизација на железницата, гасификација, истражување и развој и сл. Фокусирањето врз клучните реформи ќе го поттикне економскиот раст, а тоа е најдобра потпора за успешна фискална консолидација - забрзаниот раст води до намалување на учеството на долгот во бруто домашниот производ, т.е. до намалување на степенот на задолженост на земјата. XX Каква очекувате дека ќе биде следната година? На политички план не очекуваат предвремени парламентарни избори, судски
процеси што ќе произлезат од специјалното обвинителство а во кои се инволвирани високи политичари и од власта и од опозицијата. Колку ваквите турбуленции може да се одразат врз економијата и да предизвикаат нова криза? Проаѓаме низ длабока и сериозна политичка и општествена криза. Ваквата ситуација не може, а да не се одрази врз економијата на земјата. Во економската наука е одамна познато дека очекувањата на луѓето и на економските субјекти за она што ќе се случува во иднина имаат круцијално значење и силно влијание врз состојбата на економијата. Ако песимистичките очекувања надвладеат, т.е. ако луѓето очекуваат лоши времиња, тогаш, поттикот кон инвестирање малаксува, склоноста на луѓето кон потрошувачка намалува и тоа води кон
економски кризи. Оттука, навистина е тешко е да се прогнозира што, de facto, ќе се случи. Во ваква ситуација можеме само да се надеваме дека разумот ќе преовлада, да сугерираме до раководствата на политичките партии да ја “спуштат топката“, да го релативизираат заемниот анимозитет кој оди до апсурд, да разберат дека граѓаните на Македонија заслужуваат да живеат во демократско и економски просперитетно општество. Периодот до предвремените избори е критичен за нашата земја. Неопходно е да се реализира договорот од Пржино, да се организираат фер и демократски избори кои ќе бидат верифицирани од меѓународната заедница, за да можеме да “впловиме“ во помирни води, да ги забрзаме евро - атлантските интеграциски процеси и да отвориме перспективи за подобра и посреќна иднина на Македонија. nnn
уѓе за да се спречи масовното иселување
Капитал број 843/844/845 25.12.2015
66
www.kapital.mk
ДЕЛОВНА 2016
Капитал советува
Како да останете ликвидни во 2016? Пораката за во Новата година: Почнете со активна грижа за своите побарувања – следете ги од денот на нивното настанување и вашите клиенти нека го знаат тоа. Ризикот од нивно незадоволство или губење е помал од штетата која може да ви ја донесе клиент кој не плаќа.
Подготовка: Проектирајте го паричниот тек за следната годи
www.kapital.mk
Капитал број 843/844/845 25.12.2015
67
К Подготвил:
Игор Петровски
igor.petrovski@kapital.mk
“Кешот“ е крал кога се работи за финансискиот менаџмент на компанија што расте. Јазот помеѓу моментот кога ги
плаќате своите обврски – кон добавувачи, вработени, итн. – и моментот кога наплаќате од своите клиенти и купувачи е проблем, а решение е менаџирање на паричниот тек. Накусо кажано, тоа значи одложување на одливите на кеш колку што е можно подолго додека истовремено го форсирате секој што ви должи пари да ви плати што е можно побрзо. Во анкетата што ја направивме со домашните бизнисмени, на прашањето кои ќе бидат најголеми предизвици за нивните компании во 2016 година, речиси сите, меѓу другото, ја истакнаа и неликвидноста – проблем што е особено засилен во домашната економија последниве неколку години. Успешното балансирање помеѓу плаќањето на своите обврски и наплатата на побарувањата ќе остане и понатаму една од клучните задачи за домашните
менаџери доколку сакаат опстанок и развој на нивните компании. “Законот за финансиска дисциплина мора да важи за сите компании без оглед дали се од приватниот или од државниот сектор. Вака како што денес функционира законот, државните компании се привилегирани во однос на приватните. Исто така во нерамноправна положба се наоѓаат и компаниите кои е извозно ориентирани. Имено овие компании за да можат да бидат конкурентни на пазарите надвор од државата мора да ги прифаќаат условите за одложено плаќање и поголемо од 120 дена. Кога ќе се земе предвид и времето потребно за изработка и транспорт на производите, наплатата на побарувањето често се оддолжува и повеќе од шест месеци од денот кога сме го набавиле потребниот материјал.“, вели Златко
Еве како да ја подобрите ликвидноста на фирмата
1
7
знаете кога истекол рокот за наплата на фактурата, како ќе го менаџирате паричниот тек?
Многу често флексибилни услови за плаќање од страна на некои добавувачи може да го подобрат вашиот паричен тек многу повеќе одошто ниските цени што други би ви ги понудиле.
Договорете јасни рокови за наплата Ако не знаете точно кои ви се роковите за наплата, тешко ќе знаете кога ќе ви платат. Ако не
2
Фактурирајте брзо
Ако си чекате две недели откако ќе испорачате стока или услуга, имајќи ги предвид навиките и роковите за плаќање во Македонија, јасно е дека ќе чекате уште најмалку две недели (ако имате среќа) за да стигне кешот на вашата сметка во банка.
3
Користете електронско банкарство за да ги платите обврските на последниот ден од доспевањето
Така ќе останете добри плаќачи кон своите добавувачи, а ќе ги вртите парите колку што може подолго.
4
Правете мониторинг и анализа на компанискиот паричен тек
5
Зголемете ја продажбата (прво кај постојните купувачи)
Правете редовна контрола и анализа на паричниот тек во компанијата за да видите дали имате доволно готовина на крајот од секој месец, за покривање на обврските за следниот. Дури и ако сте помала компанија, обучете вработен што ќе го следи приливот и одливот на пари во фирмата. Ова убаво звучи, но е тешко да се направи. Нови клиенти се клучни за раст на бизнисот, но треба време и пари за да ги претворите потенцијалните во вистински купувачи. Продавањето повеќе на постоечките купувачи е поевтино, и тоа може да го сторите анализирајќи што купуваат и зошто – информации што може да ви донесат дури и поголема профитна маржа, и конечно, повеќе готовина.
6
Побарајте од најдобрите клиенти да забрзаат со плаќањето
Доколку имате проблеми со ликвидноста, објаснете им ја ситуацијата, и ако треба, понудете им попуст од неколку проценти. Истото може да им го понудите и на најлошите плаќачи – понудете им и поголем попуст доколку ви платат денес.
Не се залетувајте секогаш по најниската цена при набавката, повеќе внимавајте на условите за плаќање
8
Користете технологија за да го менаџирате паричниот тек
9
Не се фокусирајте на профит, туку на “кеш флоу“
10
Информирајте ја банката
Клауд решенијата за сметководство, разните софтвери за финансиски менаџмент и сл., го прават многу полесно менаџирањето со паричните текови. Ако вашата компанија пораснала до таа мера, што почнала да влегува во вртлогот на проблематична ликвидност, може да размисли за аутсорсинг услуга. Аутсорсингот може да значи дури и печатење, ковертирање и испраќање на фактурите како чекор 1 во процесот на управување со побарувањата. Ако знаете дали сте направиле профит или загуба не значи дека знаете што се случило со вашиот кеш. Профитот, најпросто кажано, е приход минус трошоци. Фактурирањето на вашите купувачи за испорачан производ или услуга креира приход. А, наплатата на парите по таа фактура е тоа што креира кеш. Најголем дел од малите и средни компании немаат план за паричниот тек од првиот ден, иако имаат прогнози за профитните маргини уште од самиот старт, и тоа за неколку години по ред. Ова е една од најчестите причини за рано пропаѓање на бизнисите. Може да имате профитабилен бизнис на крајот на денот, но ви треба добар кеш флоу за да преживеете. За стартапите особено се препорачува да работат со клиенти што брзо плаќаат на почетокот, иако тоа може да значи помали клиенти или послаби профитни маргини. Банките може да им понудат на компаниите корисни услуги, како што е овердрафт или пак, брз кредит за обртни средства. Информирајте ја навреме банката со која работите доколку дојдете во проблеми со ликвидноста. Банките претпочитаат да им кажете дека ви требаат пари малку порано, а не да појдете кај нив со фразата “ми требаат вчера“. Ако причината што се малку тенки со кеш е лошото планирање, нема да бидат многу расположени да ви помогнат. Извор: Entrepreneur, Guardian, Inc.com
ина, квартал, а ако сте на “лизгав“ терен, и за следната недела
www.kapital.mk
Капитал број 843/844/845 25.12.2015
68
ДЕЛОВНА 2016
С Катерина Бошевска директор на ЕОС Матрикс
о цел повисоки профити компаниите го попуштаат вентилот за одложено плаќање и со тоа стануваат кредитори на своите клиенти, услуга за која не само што не наплатуваат, туку им носи директна штета. Токму затоа компаниите мора да знаат или да научат да пресметаат која е точката каде што треба да престанат со кредитирање на своите клиенти, односно да продаваат стока или пружаат услуги на одложено плаќање.
К
ако извозници, за да бидеме конкурентни на странски пазари, мора да прифаќаме услови за одложено плаќање поголемо и од 120 дена. Кога ќе се земе предвид и времето потребно за изработка и транспорт на производите, наплатата на побарувањето често се оддолжува и повеќе од шест месеци од денот кога сме го набавиле потребниот Златко материјал. За да им платиме на нашите Симоновски добавувачи, оваа временска дупка мора директор на Факом да ја пополнуваме честопати со земање банкарски кредити кои дополнително го поскапуваат нашиот производ и често нè прават помалку конкурентни на пазарот.
Симоновски, директор на Факом. Тој додава дека за да им платат на нивните добавувачи, оваа временска дупка мора да ја пополнуваат честопати со земање банкарски кредити кои дополнително го поскапуваат нивниот производ и често ги прават помалку конкурентни на пазарот. “Така би морале да нарачуваме материјали од добавувачи надвор од државата што претставува негативен тренд за македонската економија воопшто.“, вели Симоновски.
Вентилот за одложено плаќање да не се пушта толку лесно
Важен аспект во грижата за ликвидноста е нејзината поставеност во животниот циклус на побарувањата на претпријатијата. “Грижата за ликвидноста започнува од првиот ден на нивното настанување. Многу компании го забораваат или превидуваат овој основен факт во обезбедувањето на потребната ликвидност и многу почесто одлучуваат да преминат кон задолжување
НИЕ СМЕ ВРСКАТА СО СИТЕ ДЕЛОВНИ ПОДАТОЦИ КОИ ВИ СЕ ПОТРЕБНИ
Секоја четврта фактура во Источна Европа се плаќа по рокот
С #1
ЗА БИЗНИС ИНФОРМАЦИИ
ЗА ПАМЕТНИ ДЕЛОВНИ ОДЛУКИ!
02 / 3117 100 info@targetgroup.mk www.targetgroup.mk
поред истражувањето EOS European Payment Practices 2015 на 2800 финансиски експерти од 13 европски земји на темите национални практики на плаќање, околу една петтина од сите фактури (19 %) во Западна Европа и околу една четвртина од сите фактури (25%) во Источна Европа се плаќаат по истекувањето на рокот за плаќање или воопшто не се плаќаат. Ненаплатливите долгови се закана за опстанокот на компаниите. На околу една од осум компании во Западна Европа (13%) и скоро на една од седум компании во источна Европа (15%) им се заканува ненаплатлив долг. Доколку појдеме од сознанието добиено преку анкетата на ЕОЅ дека бизнис потрошувачите ги плаќаат доцна или не ги плаќаат фактурите како резултат на нивните проблеми со ликвидноста и со ненаплатливите долгови, можеме да заклучиме дека станува збор за затворен круг околу еден ист проблем -ликвидноста. Решението е единствено можно со промена во навиките и практиките за плаќање на потрошувачите. Ова претставува сериозен предизвик во услови кога компаниите мора да имаат целосен фокус на основната дејност.
www.kapital.mk
Капитал број 843/844/845 25.12.2015
70
ДЕЛОВНА 2016 приливи без компанијата да се задолжува во банките за ликвидни средства што индиректно ги поскапува нашите услуги. “Се трудиме нето обртниот капитал да е секогаш позитивен. Реално правило за одржување на ликвидноста во Македонија не постои иако се воведе Законот за финансиска дисциплина. Почитувањето и културата кон обврските се тема на разговор на овие простори“, вели Христовски. И додава дека стратегијата на неговата компанија е долгорочна деловна соработка па затоа инсистираат деловните односи да ги регулираат со меѓусебни договори,пишани и непишани , кои доследно ќе се почитуваат од двете страни. Сепак, македонската бизнис култура налага и честа “флексибилност“ во поглед на роковите на плаќање и сл. , иако деталите се договорени претходно, без оглед писмено или усмено. Финансиските експерти велат дека многу често, домашните компании водени кон остварување на повисоки профити, знаат да го попуштаат вентилот за одложено плаќање и со тоа стануваат кредитори на своите клиенти, услуга за која не само што не наплатуваат, туку им носи директна штета. “Токму затоа компаниите мора да знаат или да научат да пресметаат која е точката каде што треба да престанат со кредитирање на своите клиенти, односно да продаваат стока или пружаат услуги на одложено плаќање. Во услови на неликвидност сите преговараат околу роковите за плаќање и во борбата да се задржат клиентите се прават отстапки кои може да доведат до сериозни последици за компаниите.“, советува Бошевска од ЕОС Матрикс, која пред извршната функција, долго време беше финансиски директор и Голем меѓународен шампионски трофеј од на компанијата. Terravino 2015 во Израел како и златен медал од Букурешт од Меѓународниот вински натпревар Големи и мали Букурешт 2015 (IWCB). Каква е разликата во менаџирањето на паричниот тек кај Во однос на своите производи малите и големите компании? Во винарија Камник како новитет принцип, малите бизниси ги имаат во 2015 ја издвојува Златна лоцирано сите активности во еден Темјаника која содржи вистинко или неколку вработени кои водат 24-каратно злато наменето целосна грижа за сите аспекти на за консумација и со тоа бизнисот. Сè додека зборуваме станува првото вакво вино на за мали бизниси тоа е сосема во македонскиот пазар. ред, велат експертите. Меѓутоа, Вистински винско освежување носителите на тие активности мора со доза на екстраваганција по да имаат широки познавања и навистина достапна цена. редовни консултации со експерти За очекувања во 2016, од од потесни области. тимот на винарија Камник “Во услови кога зборуваме за истакнуваат дека искрено компании од мал и среден обем ги радуваат сите досегашни мораме да внимаваме кога стоиме успеси кои ги споделуваат пред предизвикот за управување со со љубителите на виното, ликвидноста затоа што во таквите но и дека потрагата компании секогаш има најмалку по совршените вински време за оваа активност. Главниот вкусови за нив едноставно фокус е да се донесе бизнисот, да се продолжува. преговара со клиентите на начин кој ги прави нив задоволни, често пати
наместо да почнат со наплата на своите побарувања од првиот ден на нивното настанување. “, вели Катерина Бошевска, директор на ЕОС Матрикс (Eos Matrix), компанија чија што главна дејност е услугата управување со побарувања. Без оглед на величината, компаниите треба да имаат бизнис план за тоа што мислат да го работат, да знаат каде сакаат да го видат својот бизнис за пет години нанапред. Една од најважните алки во бизнис процесот кој се планира е обезбедувањето на ликвидност. Ликвидноста се буџетира подеднакво важно како и финансискиот резултат.
Пристапот кон буџетирање на ликвидноста е различен од оној за финансискиот резултат. За успешно буџетирање на ликвидноста компаниите треба да си го познаваат обртот на своите побарувања и како со него да управуваат. Од тука, ќе го прилагодат и обртот на своите обврски со цел да не се доведат во ситуација да потрошат повеќе од што имаат. Како што вели, Кире Христовски, сопственик и менаџер на Креатива инк, компанија од секторот услуги, која што работи со голем број клиенти, тие се трудат нивните тековни обврски да бидат покривани од тековните
ВИНАРИЈА КАМНИК
ДОСТИГНУВАЊА И ОЧЕКУВАЊА
К
рајот на 2015 за винаријата Камник значи заокружување на уште една успешна година. На прашањето што сé ја направило 2015 посебна за нив, еве што велат од тимот на винаријата Камник. Во однос на признанијата и наградите кои ја одбележаа 2015, тие го издвојуваат најскорешното Признание за Македонски Квалитет 2015 кое на почетокот на декември им беше доделено од Претседателот на Република Македонија и од Сојузот на стопански комори на Македонија, а кое претставува заокружување на успесите кои се случуваа во текот на целата 2015. Некои од најважните достигнувања на светските натпревари се оние на Ten Barrels Syrah Reserva 2012 кое на престижниот француски Syrah du Monde 2015 освои златен медал и е рангирано како трето од десетте најдобри сира вина во светот. Ова вино освои злато и на AWC Vienna 2015. Signature Merlot Grand Reserva 2012 исто така донесе златен медал од овој натпревар во Виена, како и од Vino Ljubljana, а од хрватскиот Gast во Македонија донесе шампионска титула. Мора да кажеме и дека Ten Barrels Cabernet Sauvgnon Reserva 2011 освои двоен златен медал
www.kapital.mk
Капитал број 843/844/845 25.12.2015
71
Г
Кире Христовски директор на Креатива инк
ледаме нашите тековни обврски да бидат покривани од тековните приливи без компанијата да се задолжува во банките за ликвидни средства што индиректно ги поскапува нашите услуги. Се трудиме нето обртниот капитал да е секогаш позитивен. Реално правило за одржување на ликвидноста во Македонија не постои иако се воведе Законот за финансиска дисциплина. Почитувањето и културата кон обврските се тема на разговор на овие простори.
на штета на компаниите. Овде е потребна грижа од професионалци, и тоа дозирано умерено спрема обемот и потребите на компаниите“, вели Бошевска. Најсоодветен одговор за компа-ниите од овој обем во услови кога се вртат во кругот околу проблематична ликвидност е да се зафатат со управување со нивните побарувања уште од првиот ден на издавање на фактурите и на тој начин да влијаат кон промена во навиките и практиките за плаќање на нивните клиенти.
5
најголеми проблеми предизвикани од задоцнето плаќање или неплаќање
XX Загубена добивка XX Проблеми со ликвидноста XX Повисоки каматни трошоци XX Не се создаваат нови работни места XX Пад на инвестиции/заостанување зад конкуренцијата и пазарните потреби Извор: EOS European Payment Practices 2015
Бидејќи тоа подразбира ресурси и време, најпаметно е да се користи аутсорсинг услуга која може да подразбере дури и печатење, ковертирање и испраќање на фактурите како чекор 1 во процесот на управување со побарувањата. Со еден таков пристап, се елиминира ризикот од незадоволни клиенти бидејќи тој претставува пракса на делување на компанијата која клиентот ја знае уште во процесот на преговарање и договарање на условите. На тој начин уште
во таа фаза се праќа сигнал или порака до клиентот дека компанијата води активна грижа за своите побарувања. “Големите компании ваквиот пристап го имаат втемелено во своето делување. Истиот се почитува од страна на нивните клиенти. Компаниите од помал обем треба истото да го применат, но бидејќи не можат од позиција на пазарна моќ можат со вистински партнер кој ќе го направи на професионален начин.“, советува Бошевска. nnn
Капитал број 843/844/845 25.12.2015
KAPITAL EXCLUSIVE ИНТЕРВЈУ 72
www.kapital.mk
ЈОВИЦА УГРИНОВСКИ ГОЛЕМ МАЈСТОР НА ГОЛЕМАТА ЛОЖА НА МАКЕДОНИЈА (ГЛМ)
МАКЕДОНИЈА ИМА СВОЈА СУВЕРЕНА И ПРИЗНАЕНА ГОЛЕМА ЛОЖА! НАЧИНОТ НА КОЈ МАКОТРПНО СТИГНАВМЕ ДО ВАКВИОТ СТАТУС НИ ДОНЕСЕ СИЛЕН АВТОРИТЕТ И ДОСТОИНСТВО ВО СВЕТСКОТО СЕМЕЈСТВО НА РЕГУЛАРНИ МАСОНИ!
Сложените “игри” на нашата комплексна историја, за жал, никогаш не создале услови за формирање и “осветлување” на автохтона, суверена масонска организација во Македонија. Токму затоа, во периодот на последната декада од 20 век, ние и не можеме да зборуваме за некакво “обновување” или “реактивирање”, туку единствено беше можно почнување од самиот почеток за изградба на величествена “градба”. Консекрирање на првата суверена Голема Ложа на Македонија. И само по себе ова е историски чин, воопшто за Македонија како држава. Трпеливата работа, безрезервната посветеност и фасцинантната доза на ентузијазам од “23 Основачи”, беше препознаена и масонски наградена со уникатната одлука на HRH The MWGM The Duke of Kent, Обединетата Голема Ложа на Англија, директно да ја консекрира и да даде “светлина” на историски првата суверена Голема Ложа на Македонија, во септември 2005 година.
Капитал број 843/844/845 25.12.2015
73
Ексклузивни фотографии на Kапитал од Храмот на Големата Ложа на Македонија - фото: Димо Попчев
С
www.kapital.mk
www.kapital.mk
Капитал број 843/844/845 25.12.2015
74
Интервју
Македонските Масони се обични луѓе што секојдневно ги среќавате на улица, луѓе со кои што можеби секој ден пиете кафе, седите во канцеларија, ги гледате на телевизија, луѓе кај кои што го носите своето дете кога е болно, луѓе кои што го сервисираат вашиот автомобил, луѓе кои што ви одобруваат кредит, луѓе на кои што им аплаудирате во театар или на концерт, луѓе со кои го славите Бајрам или Бадник. Тоа се обични луѓе од различни професии, од различни етнички групи, религии, со различен социјален и економски статус. Тие обични луѓе, сепак, по нешто се посебни. Тоа се слободни луѓе на добар глас. Тоа се луѓе кои што веруваат. Веруваат во братската љубов, веруваат во себе, им веруваат на другите. Тоа се луѓе кои што ги прифаќаат различностите на другите. Тоа се луѓе кои не се обидуваат да ги променат другите, туку се менуваат себеси, го обработуваат и мазнат сопствениот камен.
“М
ојата животна филозофија, мојот духовен пат и ставовите за светот, и ние во него, како и конечното оформување на мојот животен стил и филозофија, се случи после завршувањето на мојот, како што често велам, шести “факултет” (за останатите “пет факултети” ќе ви кажам малку подолу) ... по моите повеќе посети на Непал, Катманду, неколкуте “прошетки” по Хималаите и конечно, она што секогаш со возбуда во зборот го раскажувам, и споделувам, а тоа е, истоварувањето на Антарктикот”, раскажува мојот соговорник. Посебно претставување, мои пријатели и читатели на Капитал, за оваа личност е излишна. Како што вели нашиот народ личност со “километража”. Личност важна
за македонскиот јавен живот и личност со широк професионален распон во светската медицина. Сестран лик, чија пасија се освојувањата дестинации и врвови! Сепак, инсистирав со него да разговарам на една посебна тема ... надвор од дневните профани задолженија и обврски ... надвор од профаните успеси и награди ... падови и кревања... !? Возбудено влегувам во Храмот! Магичен простор полн со мистерии и тајни. Зидовите зборуваат нешто, но тешко се разбираат... Просторот зрачи спокој и светлина, но не знаеш, вака од прва, од каде извира ... Се е некако тврдоглаво мистично и нејасно! Седнувам во троседот, дојден 30 минути порано од договореното. Тоа е мојот обичај. Од Зоки, младичот што “оперира” во клубот, нарачувам коњак и, секако, цигара Ромео и Јулиет ... “черчилка”! Палам ... ја консумирам цигарата. Чувство кое не се
www.kapital.mk
Капитал број 843/844/845 25.12.2015
Ексклузивни фотографии на Kапитал од Храмот на Големата Ложа на Македонија - фото: Димо Попчев
75
опишува, бидејќи ја имам насловната за новогодишниот број на Капитал! Знаете, одличните магазини, нескромно ќе речам дека Капитал се вбројува во нив, имаат таа способност од еден призор, од една фотографија да изнедрат цела суштина и приказна. А уште кога имате и емотивен соговорник, кој има што да раскаже, тогаш тоа е тоа ... Се преслушувам околу она за кое сум дојден, знаејќи дека мојот соговорник нема долго да се задржи зборувајќи за својата биографија, за своите етапи во животот, и како што го нарекува својот “шести факултет”! Свесен сум дека е човек со силно изградени ставови и со страсти за животот! Сакам да разговарам за неговите пловидби и патувања на Истокот, каде се раѓа светлината, и освојувањето на југот на планетата Земја ... Антартикот ... Точката во
која Големиот Архитект на Универзумот со својата дланка ја има потпрено планетата на која сме настанале и прилично успешно ја држи стабилно во својата вечна хармонија, убавина, светлина, поредок и хиерархија ... Си помислив дека е извонредно важно да се сподели овој момент од личноста на мојот соговорник, заради пораката која во себе содржи цела една филозофија на живеење и нетипичен начин на размислување на мојот соговорник! Различен. Но, и заради метафизиката на постоењето како такво воопшто ... Духот, моралот и разбирањето како вечни теми кои секој од нас, помалку или повеќе, во животната низа на запишаните години на идивидуално, физичко постоење, ги гради, доградува и надградува. Кога од гола скица се претвора во уметничко дело кое, и до крајот на животот, всушност останува во својата
Живеј го денешниот ден, вчерашниот е неповратен, утрешниот е неизвесен ... Качувај се кон врвот, но гледај никогаш да не го достигнеш! После Врвот има само една насока – надолу! Сублиматот е... уживај во тоа што во моментот го имаш и не пати по тоа што го немаш. Оти не е силен оној кој многу има, туку оној кој може без многу”, раскажува Јовица Угриновски, Голем Мајстор на Големата Ложа на Македонија (ГЛМ).
работна верзија, бидејќи тој процес и никогаш не завршува ... Уживам во просторот на Храмот и размислувам како да влезам во разговорот на зададената тема за денеска... Ќе го прашам за врвовите. Тој е и планинар ... Ќе раскаже силно како се стигнува до врвот ... Влегува мојот соговорник во просторот под јурисдикција на Големата масонска ложа на Македонија. Храм изграден пред извесно време со донации на браќата здружени во единствена мисија за подобрување на светот и околината во која сите живееме, но пред се преку подобрување, мазнење и брусење на каменот во себе кај секој Брат индивидуално. Мисија за изградба на совршен свет! А бидејќи совршенството е една далечна точка во вечноста, оваа мисија практично никогаш и не завршува. Да... Таков Храм има и во Македонија. Одличен почеток ...
www.kapital.mk
Капитал број 843/844/845 25.12.2015
Интервју
“После многу пат изоден и остварени патувања низ разните цивилизации, ако сублимирам во еден пасус би рекол дека животната филозофија која што ја собрав на моите долги патувања на тие дестинации, за кои ме прашуваш, може да се сведе на две-три реченици: Живеј го денешниот ден, вчерашниот е неповратен, утрешниот е неизвесен ... Качувај се кон врвот, но гледај никогаш да не го достигнеш! После врвот има само една насока – надолу! Сублиматот е... уживај во тоа што во моментот го имаш и не пати по тоа што го немаш. Оти не е силен оној кој многу има, туку оној кој може без многу”, раскажува Јовица Угриновски, Голем Мајстор на Големата Ложа на Македонија (ГЛМ). XX Го прашувам како и зошто стана Масон? Долга приказна. Еден ден, пред дваесетина години, еден мој пријател и колега ме повика да пиеме кафе. Без многу заобиколување ме праша што знам за масонеријата. Какво е моето лично мислење за неа. Морам да кажам дека како и сите обични луѓе од профаниот свет, така и јас, за масонеријата имав многу оскудно знаење добиено од прочитани две-три книги со журналистичко - авантуристичка содржина. Не знаев ништо за суштината и содржината на масонеријата. Знаев дека е некакво “тајно - мистично” здружение на луѓе кои го “тресат и раководат светот”. Мојот пријател и колега се насмеа и ми одговори со прашање: Дали јас ти изгледам како некој што го “тресе” светот? Ова исто прашање и јас постојано им го поставувам на тие кои имаат исто мислење за масонеријата, како што и јас го имав пред да станам масон. Ова исто прашање го поставувам и сега на вашите читатели: Дали јас изгледам како некој што го “тресе и раководи светот”? Но, да ја продолжиме приказната понатаму. Мојот пријател и колега во детали ми објасни што е суштината на Слободното ѕидарство, дека е тоа “братство на зрели мажи на добар глас! Луѓе со слободни мисли! Луѓе кои веруваат и тежнеат кон вистината! И луѓе кои ја негуваат братската љубов! Веднаш потоа, ме праша дали би сакал да се придружам на таква група луѓе. Секако, веднаш прифатив и така станав деветтиот или десеттиот “припадник” на таа група. Подоцна,бројот постепено се зголемуваше достигнувајќи ја за релативно брзо време бројката од 23 “слободни луѓе на добар глас”. Тоа што мене лично ми направи голем впечаток во тој период беше сериозноста и искреноста со која ги предлагавме и избиравме идните членови. Во ниеден момент не се размислуваше, ниту разговараше за социјалниот или економски статус на идниот кандидат, ниту неговата политичка или религиозна ориентација. Единствена водилка беше добар човек на добар глас. Уште од првите состаноци на групата слободни луѓе, од кои некого познавав од порано, а некои ми беа потполно непознати, сфатив дека моето место е тука. Никогаш порано, во таква шаренолика и хетерогена
Ексклузивни фотографии на Kапитал од Храмот на Големата Ложа на Македонија - фото: Димо Попчев
76
по возраст, по професија, по политичка ориентација, по социјален статус, група луѓе не сум почувствувал таков флуид, таква верба, и таква меѓусебна искреност. Постоеше некаква мистична кохезија која не држеше заедно и не охрабруваше да продолжиме понатаму кон реализација на нашата крајна цел. XX Која беше крајната врховна цел? Нашата крајна цел беше да формираме суверена Голема Ложа на Македонија. XX Како се случи Македонија да добие суверена Голема Ложа? Целата приказна во детали ја има одлично објаснето Претходниот Голем Мајстор на Големата Ложа на Македонија, Братот Живко Груевски, во неговото интервју токму за вашиот магазин во 2012 година. Сепак, некои случувања треба да се повторат. После многу време, труд, напор и упорност,1998 година, Обединетата Голема Ложа на Англија (ОГЛА) прифати како
проект, овие 23 Браќа да бидат иницирани во Слободното ѕидарство симултано во 12 регуларни англиски ложи. Во ист ден, во различни простории во Freemasons Hall во Лондон. Вакво нешто беше преседан во историјата на ОГЛА (Обединетата Голема Ложа на Англија). Цели две години работевме под будното око на високи офицери од ОГЛА, за да конечно добиеме дозвола да ја консекрираме првата Ложа во Скопје. И тоа се случи на 2 октомври 2000 година кога цел тим на високи офицери од ОГЛА ја извршија консекрацијата! На совршен начин. За мене тоа беше најубав роденденски подарок. Во наредниот период формиравме уште две ложи! Со тоа го стекнавме формалното право да формираме Голема Ложа. На 30 септември 2005 година, единаесет високи консекрациски офицери од ОГЛА, предводени од маркизот од Northampton, Pro Grand Master of the United Grand Lodge
www.kapital.mk
Капитал број 843/844/845 25.12.2015
77 На 30 септември 2005 година, единаесет високи консекрациски офицери од ОГЛА, предводени од маркизот од Northampton, Pro Grand Master of the United Grand Lodge of England ”донесоа светло” и конечно беше консекрирана Големата Ложа на Македонија. Ова е голем историски момент не само за македонската масонерија, туку и за целата држава. За прв пат во историјата беше консекрирана суверена, национална Голема Ложа на Македонија која работи на македонски јазик и се базира на сопствената конституција. За нас беше многу важно што ложата беше формирана под уставното име на државата... Република Македонија. of England ”донесоа светло” и конечно беше консекрирана Големата Ложа на Македонија. Ова е голем историски момент не само за македонската масонерија, туку и за целата држава. За прв пат во историјата беше консекрирана суверена, национална Голема Ложа на Македонија која работи на македонски јазик и се базира на сопствената конституција. За нас беше многу важно што ложата беше формирана под уставното име на државата, Република Македонија. Разговорот со Големиот мајстор на Големата Ложа на Македонија го продолжувам со констатација дека годинава македонската регуларно признаена Масонерија согледана во Големата Ложа на Македонија прославува десет години од своето консекрирање! Го прашувам мојот соговорник од какво значење е овој момент? “Во последната декада од дваесеттиот век, евидентно беше дека Република Македонија е една од ретките суверени држави во
Европа каде се уште нема легитимно организирана форма на регуларна Слободна Масонерија. Секако дека постојат многу претпоставки, но и документирани податоци за видни Масони од нашиве краишта, но неспорен факт е дека сите тие објективно припаѓале и работеле под јурисдикција на различни Големи ложи како бугарската, југословенската, италијанската, романската … Сложените “игри” на нашата комплексна историја, за жал, никогаш не створиле услови за формирање и “осветлување” на автохтона, суверена масонска организација во Македонија. Токму затоа, во периодот на последната декада од 20 век, ние и не можеме да зборуваме за некакво “обновување” или “реактивирање”, туку единствено можно почнување од самиот почеток за изградба на величествена “градба”, односно консекрирање на првата суверена Голема Ложа на Македонија. И само по себе ова е историски чин воопшто
за Македонија како држава. Пионерскиот потфат за остварување на оваа возвишена цел, иницијално започна кон крајот на 1995 година, а ние “23 основачи”,од 1998 година регуларно го исцртувавме нашето масонско искуство под директно менторство на “Ложата Мајка” или најавторитетната Голема Ложа од која се започнало со шпекулативната или мисловна Слободна Масонерија пред цели три века – Обединетата Голема Ложа на Англија. Трпеливата работа, безрезервна посветеност и фасцинантната доза на ентузијазам од овие “23 Основачи”, беше препознаена и масонски “наградена” со уникатната одлука на HRH The MWGM The Duke of Kent, Обединетата Голема Ложа на Англија, директно да ја консекрира и да даде “светлина” на историски првата суверена Голема Ложа на Македонија, во септември 2005 година. XX Пред неколку години разговарав со Вашиот претходник Големиот Мајстор Др. Живко Груевски. Како и кога ја презедовте оваа највисока функција – Голем Мајстор на Големата Ложа на Македонија? Како изгледа тој чин? Непрекинатиот синџир на позитивен континуитет е една од суштинските вредности на овој древен Ред на Слободни Масони. Согласно Конституцијата на Големата Ложа на Македонија, на секои три години се прави форматирана процедура на избор на Голем Мајстор и Офицери на Големата Ложа. Специфично и несфатливо за профаната јавност, а треба да се каже, е што, во нашата изборна процедура не постои натпревар на “позиција и опозиција”, туку сите Браќа од Ложите кои работат под јурисдикција на Големата Ложа на Македонија, гласаат за личност која ќе ја води и раководи македонската регуларна Масонерија во следниот период. Така, кон крајот на 2014 година се одржа редовното собрание на Големата Ложа на Македонија, каде што во традиционално величествена церемонија, бев инсталиран како Голем Мајстор. Морам да споделам, и нема да претерам, а малку се знае дека, во тие два дена, Скопје и Република Македонија беа центар на светското семејство на регуларни и признаени Големи Ложи од сите континенти на планетава. Навистина величествено. Беспрекорниот меѓународен углед и авторитет на Големата Ложа на Македонија, беше потврден со присуството и учеството во нашата работа на највисоки делегации од (30) триесет Суверени Големи Ложи од сите континенти. Голем Самит на светската Масонерија се одржа во Скопје. XX За да избегнеме некои погрешни толкувања, објаснете дали Обединетата Голема Ложа на Англија има некоја врховна или централна хиерархиска улога во светот на Слободната Масонерија? Во глобалната фамилија на регуларни и признаени Големи Ложи, не постои централна власт или некаква врховна власт.
www.kapital.mk
Капитал број 843/844/845 25.12.2015
78
Интервју
Со чинот на регуларно „консекрирање“ на нова Голема Ложа, таа го добива целосниот суверенитет и авторитет да координира и раководи со работата на сите поединечни Ложи кои работат на територијата на нејзината масонска јурисдикција. Во меѓународните масонски релации, целосно е применет принципот на “билатерално признавање” или легално предвидена процедура на “масонска дипломатија” за меѓусебна размена на официјални документи со кои се потврдува регуларноста и признавањето помеѓу Големите Ложи. XX Често ги употребувате термините “регуларност” и “признавање”. Објаснете го нивното значење во Слободната Масонерија. Овие два термина се воспоставени во првите Конституции како суштински уште од објавувањето на шпекулативната или мисловна Слободна Масонерија во почетокот на XVIII век. Значи цели три века овие критериуми кои прецизно ја дефинираат регуларноста на Големите Ложи не се променети. Еден од тие древни критериуми е дека “нова Голема Ложа може да биде консекрирана само од регуларна и признаена Голема Ложа”. Така, Големата Ложа на Македонија, веднаш по чинот на нејзиното консекрирање, својата регуларност, која е неспорна бидејќи е консекрирана директно од Обединетата Голема Ложа на Англија, ја потврди со акти на билатерално “признавање” со повеќе од 130 релевантни и авторитетни Големи Ложи во светот. За практично да го објаснам ова, ќе ви пренесам едно непријатно искуство, што за жал, неодамна се случи со една квази масонска организација од Македонија. Имено, група од неколку личности кои “глумат” Масонерија и себеси се нарекуваат “Регуларна Голема Ложа на Македонија”, со сличноста на името го довеле во заблуда организаторот на Светската Конференција на Големи Ложи која годинава се одржуваше во Сан Франциско и “on-line” се регистрирале за учество на овој светски масонски форум. Но, при нивното физичко појавување пред организаторот и другите Големи Ложи, овој несреќен обид за лажно прикажување “регуларност” е целосно разоткриен и лично Извршниот Секретар и Почесниот Извршен Секретар на Светската Конференција се погрижиле овие нелегитимни, нерегуларни и непризнаени натрапници од Македонија веднаш да ја напуштат Конференцијата. За целиот настан во детали, официјално беше информирана Големата Ложа на Македонија. Навистина срамно и тажно за овие наши сограѓани кои очајнички се обидуваат да глумат регуларна Масонерија наместо регуларно, и со масонски вредности, и на масонски начин да станат вистински, регуларни и признаени масони. Сакам цврсто да укажам дека за тоа постои само еден начин. Заклучуваме во разговорот дека не е доволно себе си да се наречеш Голема
Кратки биографски податоци Запрашан да ја каже својата биографија, одмавнува со глава и вели дека тоа е доста експлоатирано во медиумите и не сака да го повторува. Сепак, моја обврска е на пошироката читателска публика на Капитал да ја објавам биографијата од профаниот живот на Големиот Мајстор на Големата Ложа на Македонија! Јовица Угриновски е роден е во Скопје на 2 октомври, како што вели, илјада деветстотини и некоја година. Целото негово образование, од осмолетка до дипломирање и специјализација по неврохирургија ги завршува во Скопје. Подоцна, по дипломирањето, престојува на кратки стручни усовршувања во Париз, Хамбург, Берлин, Манчестер, Братислава… Како специјалист - неврохирург работи една година во југословенската болница во Дерна, Либија. Целата негова професионална активност ја извршува на Неврохируршката клиника во Скопје, а академската активност како професор по хирургија е на Медицинскиот Факултет во Скопје. Цели пет години, се до распадот на Југославија ја води регионалната Служба за итна воздушна медицинска помош. Неговата улога во лекувањето на Претседателот Киро Глигоров е добро позната. Одликуван е со личен указ на тогашниот Премиер на Турција Месут Јилмаз за лекувањето на турскиот новинар, повреден во сообраќајна несреќа во Македонија. Има објавено повеќе од 130 стручни и научни трудови во домашни и меѓународни стручни списанија. Автор е на 6 стручни книги и една патописна книга, а како коавтор учествува во издавањето на три стручни книги. Во 2009 година е пензиониран на Клиниката за неврохирургија. Во пензија издржува цели 5 месеци, за да на почетокот на 2010 година повторно се активира како неврохирург во Клиничката болница Аџибадем - Систина во Скопје каде и ден денес активно ја извршува својата професионална дејност. Во три изборни мандати е Претседател на Федерацијата на планинарски спортови на Македонија, а два пати е избран и е актуелен Претседател на Балканската Планинарска Унија. Негово хоби и втора љубов, после професијата, е планинарењето. Јовица Угриновски е првиот Македонец кој го поставил македонското знаме на Антарктикот.
www.kapital.mk
Капитал број 843/844/845 25.12.2015
79 Mасонеријата не може од лошиот човек да направи добар! Но, може од добриот да направи подобар. Токму заради тоа, основниот принцип и услов за прием во Братството е да си слободен човек, маж на зрела возраст, на добар глас и со вредна и добра препорака. Ова се елементите кои се бараат од секој кандидат за прием во Братството. Ајде да видиме што секој од овие услови означува зборувајќи со масонски речник. Првиот услов е слободен човек ... Значи кандидатот да е способен да прави избор помеѓу повеќе алтернативи незаведен од други, без притисок од други, да е ослободен од догми или предрасуди, политички или други притисоци. Во исто време, неговото право на избор не смее да го попречува туѓото право на избор. Вториот услов, маж на зрела возраст, зборувајќи масонски, означува дека кандидатот мора да има наполнето 21 година старост, да е зрела личност, со цврсти и кохерентни ставови, при што атрибутот “маж” не се однесува само на неговите полови карактеристики, туку и на карактеристиките кои се припишуваат на тој атрибут: цврст, стамен, истраен, упорен, храбар …
Ексклузивни фотографии на Kапитал од Храмот на Големата Ложа на Македонија - фото: Димо Попчев
Третиот услов означува дека кандидатот треба да е на “добар глас” во општеството, на работното место, во еснафот на кој му припаѓа, во соседството… И последниот услов е да има вредна и добра препорака од некој од веќе примените Браќа. Еден од Браќата мора да се појави како гарант за предложениот кандидат, а друг Брат треба да ја потврди препораката. Ова се “техничките чекори” за прием во Братството. Но, тие не значат ништо ако вие во душа не сте масон, ако вие не сакате, иако сте добар човек на добар глас, да се надградувате, да работите на себе, да го мазните сопствениот камен.
Капитал број 843/844/845 25.12.2015
80
Интервју
или Регуларна Ложа за да бидеш прифатен ... Тој додава: Видете, во вистинската масонерија владеат строги правила и строго почитување на Конституцијата. Секое нарушување на овие правила носи санкции, од одземање на регуларноста до одземање на признавањето. Историјата познава такви примери и со многу постари и поголеми Ложи на кои им било одземено признавањето. Јас веќе нагласив колку е долг и тежок патот до консекрирање на Голема Ложа. Меѓутоа, секогаш ќе има поединци и групи кои сакаат “инстант” резултати. За среќа, во светската масонерија тоа не е можно и секогаш е санкционирано. Не е лесно да се биде дел од Светската масонерија и да се опстои во неа. XX Што претставува Голем Мајстор на Големата Ложа? Која е неговата улога? Која е Вашата улога? Правата и обврските на Големиот Мајстор се строго зацртани во Конституцијата. Моја основна обврска е токму тоа - да се грижам сите Ложи и сите браќа стриктно да се придржуваат до основните начела на масонеријата зацртани во Конституцијата. Треба да се сфати само едно: Големиот Мајстор е само прв меѓу еднаквите. Но, бидејќи масонеријата е хиерархиска организација, тоа значи дека ми е дадено правото да ја водам Големата Ложа, да учествувам во работата на другите Ложи кои инаку се суверени, да ја контролирам и насочувам нивната работа, заедно со другите Тела на Големата Ложа да учествувам во подготвување на стратегија и уште многу други обврски. Една од обврските, што во исто време е и голема чест и задоволство, е да ја претставувам Големата Ложа на Македонија пред другите Големи Ложи и на меѓународни масонски состаноци и конференции. Исто така, сакам да истакнам дека Изборот за Голем Мајстор на Голема Ложа е највисоката чест што браќата можат да му ја дадат на еден нивни член. Поради тоа, ова за мене е посебна чест и задоволство, особено што сум Голем Мајстор на една Голема Ложа која ужива голем меѓународен респект и Ложа која што за толку кратко време направила толку многу убави нешта. XX Разговараме во просториите на Вашиот Масонски клуб кој е навистина прекрасен. Храмот каде што ги извршувате вашите церемонии и ритуали е
Во последната декада од дваесеттиот век, евидентно беше дека Република Македонија е една од ретките суверени држави во Европа каде се уште нема легитимно организирана форма на регуларна Слободна Масонерија. Секако дека постојат многу претпоставки, но и документирани податоци за видни Масони од нашиве краишта, но неспорен факт е дека сите тие објективно припаѓале и работеле под јурисдикција на различни Големи ложи како бугарската, југословенската, италијанската, романската … Сложените “игри” на нашата комплексна историја, за жал, никогаш не створиле услови за формирање и “осветлување” на автохтона, суверена масонска организација во Македонија. Токму затоа, во периодот на последната декада од 20 век, ние и не можеме да зборуваме за некакво “обновување” или “реактивирање”, туку единствено можно почнување од самиот почеток за изградба на величествена “градба”, односно консекрирање на првата суверена Голема Ложа на Македонија. И само по себе, ова е историски чин воопшто за Македонија како држава. Трпеливата работа, безрезервна посветеност и фасцинантната доза на ентузијазам од овие “23 Основачи”, беше препознаена и масонски “наградена” со уникатната одлука на HRH The MWGM The Duke of Kent, Обединетата Голема Ложа на Англија, директно да ја консекрира и да даде “светлина” на историски првата суверена Голема Ложа на Македонија, во септември 2005 година.
www.kapital.mk
www.kapital.mk
Капитал број 843/844/845 25.12.2015
81 Ако го прашате Јовица Угриновски повеќе за себе, ќе ви одговори едноставно: јас сум скопско дете “офарбано” со сите фарби од тоа време. Ако понатаму го прашате да ви објасни кои се тие “фарби од тоа време”, ќе ви одговори со воодушевување дека како и сите деца и момчиња од тоа време има завршено пет “факултети“ или пет етапи во неговата едукација кои дефинитивно го формирале неговиот карактер и личност. Првиот и најважниот “факултет” било семејството. “Мајка ми беше целосно посветена на фамилијата и особено, децата. Под нејзина строга контрола растевме и се развивавме, од нејзе ги добивме првите лекции на добро однесување, почит кон постарите, кон семејството, кон другарите. Од нејзе научив дека има принцип на “казна и награда”. Казна беше врбовото стапче кое постојано стоеше зад вратата од кујната, а награда најчесто беше нови пантолони од “превртен штоф” од старите пантолони од татко ми. Од нејзе научив да ја ценам искреноста и чесноста. За разлика од неа, татко ми не беше толку строг, но неговиот збор го почитував без поговор. Никогаш не ме удрил ниту казнил, но неговиот поглед кажуваше се. Од него научив дека “ако сакам се можам”, дека патот до успехот е постојаноста и упорноста и дека најтешката работа е да работиш на изградбата на самиот себе. Од него ја наследив и мануелната спретност. Вториот “факултет” беше маалото и улицата. Таму ги добив првите лекции “how to survive”, како да опстанеш во хетерогена група, како да бидеш прифатен и пожелен во групата, како да се избориш за своето место во маалото. Лекциите беа сурови и немилосрдни, меѓутоа многу успешни. Основното правило кое го научив на улица беше дека треба да се почитува хиерархијата.
Ексклузивни фотографии на Kапитал од Храмот на Големата Ложа на Македонија - фото: Димо Попчев
Третиот “факултет” беше училиштето. Таму постојано се повторуваше веќе научената лекција на “казна и награда” така да веќе точно знаев кога сум заслужил казна (за жал, многу често) и сам ја пружав раката за да добијам десет или петнаесет “лењири“ по неа. И казните и наградите беа апсолутно објективни, според заслуженото. Никогаш не зависеа од социјалниот или економскиот статус на родителите или пријателските или роднински врски. Се сеќавам многу добро, учителот по цртање кој беше партизански другар со татко ми, секој втори час ме казнуваше со по неколку удари по дланката. Еден ден го прашав дали тоа што со татко ми бил во партизани заедно не му значи ништо? Ми одговори: “баш затоа, сакам од тебе да направам добар ученик. Тоа му го должам на татко ти”. Од училиштето, основното и средното, добив знаење и светлина кон нови хоризонти. Четвртиот, вистински факултет, беше Медицинскиот факултет. Имавме плејада реномирани, авторитетни и автономни професори чија единствена цел беше да не воведат во тајните и мистериите на медицината. Од нив научив дека медицината не е само професија, туку наука и занает и, ако и дозволиш, треба да постане и дел од твојата животна филозофија. Основата на учењето беше хуманистичкиот пристап кон пациентите. Тие беа личности со име и презиме, а не бирократски или административни безлични бројки. И петтиот “факултет” беше отслужување на воениот рок. Цели тринаесет месеци, веќе како дипломиран лекар, бев изложуван на учење, повторување, вежбање и повторно учење, повторување и вежбање се до перфекција. Се сеќавам, за неполни две минути требаше да расклопиме и склопиме “калашњиков“. Таму ја добив најважната диплома во животот: станав маж на зрела возраст. Ова се точно хронолошки изложени, етапите во мојата едукација кои имаа големо влијание во изградбата на мојата личност и создавање на мојот сопствен и личен систем на вредности.
www.kapital.mk
Капитал број 843/844/845 25.12.2015
82
Интервју
Под лидерство на Војводата од Кент, обединета голема ложа на Англија (ОГЛА) фрли светлина врз формирањето на Голема ложа на Македонија (ГИМ). Овој акт на ОГЛА е прв после100 години и се смета за екслузивен настан во Масонеријата во целиот свет.
Големиот мајстор на Големата Ложа на Македонија Јовица Угриновски на прием кај Големиот Мајстор на Големата Ложа на Габон, Али Бонго Одимба, кој истовремено е и Претседател на државата.
магичен, а Масонскиот музеј во неговите рамки е збир на безброј артефакти за кусиот период од основањето на суверената Голема ложа на Македонија за кого што раскажувавте. Импресивно ... Да! Горди сме на тоа што го направивме за толку кратко време. Браќата од другите Ложи од светот што го посетиле нашиот Храм, а тоа е голем број, се “љубоморни” на нас и никако не можат да сфатат како една толку млада и мала Голема Ложа успеала да го направи тоа, што многу постари и поголеми Ложи го немаат. Тоа е само дополнителен доказ за степенот на ентузијазмот и вербата што нашите браќа ја имаат. За љубовта со која приоѓаме кон воздигнување на македонската регуларна масонерија! Ние ја пишуваме историјата на македонската Масонерија! Живееме и работиме на оваа тема во исклучително важно време. XX Какви луѓе се македонските масони? Обични луѓе што секојдневно ги среќавате на улица, луѓе со кои што можеби секој ден пиете кафе, седите во канцеларија, ги гледате на телевизија, луѓе кај кои што го носите своето дете кога е болно, луѓе кои што го сервисираат вашиот автомобил, луѓе кои што ви одобруваат кредит, луѓе на кои што им аплаудирате во театар или на концерт, луѓе со кои го славите Бајрам или Бадник.
Тоа се обични луѓе од различни професии, од различни етнички групи, религии, со различен социјален и економски статус. Тие обични луѓе, сепак, по нешто се посебни. Тоа се слободни луѓе на добар глас. Тоа се луѓе кои што веруваат, веруваат во братската љубов, веруваат во себе, им веруваат на другите. Тоа се луѓе кои што ги прифаќаат различностите на другите. Тоа се луѓе кои не се обидуваат да ги променат другите, туку се менуваат себеси, го обработуваат и мазнат сопствениот камен. И само да додадам, ова не се карактеристики само на македонските масони. Ова се карактеристики на било кој масон на било која точка на земјината топка. Знам дека ова звучи неверојатно или идеалистички, ама така е! Знам дека тие што не веруваат во ова и понатаму нема да веруваат, па затоа и не ги убедувам. Знам дека приврзаниците на теориите на заговор и понатаму ќе се држат до нив, затоа и не им аргументирам. Но, знам и тоа дека постојат многу луѓе кои што одговараат на описот што го дадов, а не се масони. XX Како се станува масон? Видете, масонеријата не може од лошиот човек да направи добар! Но, може од добриот да направи подобар. Токму заради тоа, основниот принцип и услов за прием во Братството е да си слободен човек, маж на зрела возраст, на добар глас и со вредна
и добра препорака. Ова се елементите кои се бараат од секој кандидат за прием во Братството. Ајде да видиме што секој од овие услови означува зборувајќи со масонски речник. Првиот услов е слободен човек... Значи кандидатот да е способен да прави избор помеѓу повеќе алтернативи незаведен од други, без притисок од други, да е ослободен од догми или предрасуди, политички или други притисоци. Во исто време, неговото право на избор не смее да го попречува туѓото право на избор. Вториот услов, маж на зрела возраст, збору-вајќи масонски, означува дека кандидатот мора да има наполнето 21 година старост, да е зрела личност, со цврсти и кохерентни ставови при што атрибутот “маж” не се однесува само на неговите полови карактеристики туку и на карактеристиките кои се припишуваат на тој атрибут: цврст, стамен, истраен, упорен, храбар … Третиот услов означува дека кандидатот треба да е на “добар глас” во општеството, на работното место, во еснафот на кој му припаѓа, во соседството… И последниот услов е да има вредна и добра препорака од некој од веќе примените Браќа. Еден од Браќата мора да се појави како гарант за предложениот
www.kapital.mk
Капитал број 843/844/845 25.12.2015
83
ЕКСКЛУЗИВНИ ФОТОГРАФИИ НА КАПИТАЛ ОД ХРАМОТ НА ГОЛЕМАТА ЛОЖА НА МАКЕДОНИЈА
кандидат, а друг Брат треба да ја потврди препораката. Ова се “техничките чекори” за прием во Братството. Но, тие не значат ништо ако вие во душа не сте масон, ако вие не сакате, иако сте добар човек на добар глас, да се надградувате, да работите на себе, да го мазните сопствениот камен. XX Дали масонеријата е своевидна религија? Апсолутно, не! Слободното Ѕидарство ниту е религија, ниту е сурогат на било каква религија. Масоните веруваат во едно Вишо суштество - Големиот Архитект на Универзумот, при што не предлагаат, ниту проповедаат сопствена верска доктрина. Во текот на работата на Ложата, забрането е да се дискутира за религија. Меѓутоа, Слободното Ѕидарство ја почитува религијата и е отворено за лица од сите вероисповеди, при што не се обидува да ги обедини различните религии, туку ги обединува масоните - припадници на различни религии. Моралните вредности кои ги проповеда Слободното Ѕидарство, се прифатени од сите религии. XX Каков е односот на државата кон Масонеријата? Дали државите спроведуваат одредени репресии кон Масоните? Најнапред, мора да се истакне дека Масонеријата одиграла и игра голема улога во формирањето на современите и
модерни демократски друштва и држави. Со самото тоа, една демократска држава која ги почитува демократските вредности, право на слобода на избор, човековите права, верската толеранција, правото на слободна политичка ориентација… Нема причина да се “плаши” од Слободното Ѕидарство, бидејќи истите вредности ги застапува и масонеријата. Од втората половина на 20 век до денес, не ми е познато некоја демократска држава да имала негативен и репресивен однос кон Слободното Ѕидарство. Тоа важи и за нашата држава. Треба да се спомне и тоа дека во свечената заклетва која ја дава кандидатот при прием во Братството, од него се бара стриктно придржување кон законите и Уставот на државата, почитување на институциите и суверенитетот на државата и непреземање на било какви нелегитимни обиди за рушење на власта. Во текот на работата на Ложите, апсолутно е забрането да се дискутира за политика и, веќе напомнав, за религија. XXЖивееме во 21 век. Сведоци сме на многу конфликти, војни, еколошки и климатски катастрофи.. Што Масонеријата може да направи? Масонеријата ниту се меша, ниту има директно влијание, спротивно на верувањето на творците на теориите за заговор, во било кое политичко, економско или социјално
случување во светот. Масонеријата не носи генерални заклучоци, ниту пак постои некоја “Светска” или “Врховна” масонерија која тоа го прави. Треба да се каже дека Масонеријата ги проповеда општите вредности за човекова слобода, љубов, верба, толеранција, почитување… Сè она за кое што веќе зборував. Масон - поединец кој е политичар, економист, банкар, бизнисмен, работник, лекар, научник… кој и да е, и на било каква позиција да е, следејќи ги принципите и вредностите на кои што бил подучуван во Ложата, индиректно и индивидуално може да има и има влијание врз сите овие случувања. Историјата познава многу вакви случаи. За илустрација, ќе спомнам само некои масони кои имале битно влијание во историските случувања: Кемал Ататурк - таткото на модерната Турска држава, американските претседатели Вашингтон, Џеферсон, Франклин и многу други. Создавајќи подобри луѓе кои што ги почитуваат и следат масонските принципи за слобода, верба, братска љубов, толеранција…Mасонеријата индиректно го менува светот. nnn разговараше / обработи / раскажа
Љупчо Зиков
ljupco.zikov@kapital.mk
Капитал број 843/844/845 25.12.2015
ИНТЕРВЈУ 84 INTERVIEW
www.kapital.mk
ЗОРАН ЗАЕВ претседател на СДСМ НЕМА ДА СЕ СЛУЧАТ УШТЕ ЕДНИ КРИМИНАЛНИ ИЗБОРИ ВО МАКЕДОНИЈА
www.kapital.mk
Капитал број 843/844/845 25.12.2015
85
Ј
Јачината на ударната сила на Вистината за Македонија го раздрма Груевски, но уште поважно, го сруши до темел виртуелиот свет во кој ги држеше во заложништво граѓаните. Но, има нешто позитивно и во сето ова, се создаде простор за обнова на институциите и државата. По секоја бура следува време на стабилизација. По Вистината за Македонија, се насочивме кон стабилни чекори со коишто внимателно, посветено работиме кон нормализација на состојбите во Македонија што е незапирлив процес. Не е важно што е во интерес на СДСМ, важно е што е во интерес на граѓаните на Македонија. Тоа се кристално чисти предизборен и изборен процес и од оваа цел отстапки нема да има“, вели претседателот на СДСМ, Зоран Заев
www.kapital.mk
Капитал број 843/844/845 25.12.2015
86
Интервју
В пишува
Максим Ристески
maksim.risteski@kapital.mk
Во оваа фаза на (не)спроведување на Договорот од Пржино, за која е јасно дека е последна пред да се пресече - ќе има избори на 24 април или не - разговараме со клучниот фактор за оваа одлука, претседателот на СДСМ, Зоран Заев. Без разлика дали ги поддржувате политиките на опозицијата или не, Заев е неспорно човекот кој ја одбележа изминатата 2015 година. Сите рокови за имплементацијата се пробиени, и во оваа нејасна фаза на последни обиди за одржување на Договорот, во опозициските кругови веќе отворено се зборува за одложувањето на
изборите, дури и се дебатира колку треба истите да доцнат за да се надомести за скратените рокови за спроведување на договореното во Пржино, односно, за изборното соочување да се случи под што пофер услови. Темата неизоставно ја вклучува улогата што може да ја одиграат министрите и замениците-министри на СДСМ во Владата, Специјалното обвинителство, меѓународниот фактор, заедно со геополитиката. Заев во интервјуто за „Капитал“ зборува и за она што неговата партија и го нуди на Македонија, особено во економскиот дел, како опција/алтернатива на следните избори. XX И во одредени опозициски кругови ве критикуваат дека сте ја изгубиле ударната сила од периодот кога ги презентиравте „бомбите“. Кога би можеле, би вратиле ли некој од потезите што ги повлековте досега, почнувајќи од преговорите што резултираа со Договорот од Пржино? Ударната сила на проектот Вистината за Македонија беше вистината. Сите ние како граѓани ја знаевме вистината, го имавме на своја кожа почувствувано суровото, расипничко, криминално и корупциско владеење на Никола Груевски со коешто одзеде 10 години живот на граѓаните на Македонија. Но, Вистината за Македонија го соголи Груевски од сите негови маски,
тоа беше најголемиот удар што можеше да му се нанесе на виртуелниот добротвор и патриот Груевски, за кого пропагандата и медиумите под негова контрола ја лажеа и ја лажат јавноста. Во реалноста постоел само еден Груевски, распослан на милионски парцели на Водно, во неколку станови низ Скопје, кој се вози во мерцедес од 600.000 евра пари на граѓаните, со наочари од 60.000 евра. Премиер на кого на крај памет не му се граѓаните, кого го интересираат само бизнисите по рајските земји што ги водел со неговиот братучед Мијалков за интересите на нивната фамилија, кој без грам совест секојдневно со кумот Ставрески ги задолжува сегашните и идните генерации, кој ужива додека луѓето патат, се смее додека руши милионски инвестиции, кој нема мерка кога треба да ги задоволи сопствените апетити и сè тоа користејки ги граѓаните, нивните пари, нивните права, нивните земјишта, нивните работни места, социјална помош, пензии, нивниот живот. И имате право за јачината на ударната сила на оваа Вистина којашто го раздрма Груевски, но уште поважно, го сруши до темел виртуелиот свет во којшто ги држеше во заложништво граѓаните. Но, има нешто позитивно и во сето ова, се создаде простор за обнова на институциите и државата. По секоја бура следува време на стабилизација. По Вистината за Македонија, се насочивме кон стабилни
Заев: Насушна потреба за граѓаните на Македон
www.kapital.mk
Капитал број 843/844/845 25.12.2015
87 ЌЕ ФОРМИРАМЕ СТАРТ-АП ЦЕНТРИ ВО ПОГОЛЕМИТЕ ОПШТИНИ Ќе креираме деловни старт-ап центри во сите поголеми општини, за повеќе нови компании, во коишто државата ќе обезбеди деловен простор, заеднички служби, сметководство, коишто ќе бидат бесплатни за учесниците во центарот.
ДРЖАВНА ПОДДРШКА ЗА МАЛИТЕ ФИРМИ ОД 20 ДО 50 МИЛИОНИ ЕВРА Фокусирани сме на развој на економијата чијшто двигател ќе бидат пред сè домашните претпријатија. За таа цел ќе овозможиме голема државна поддршка за домашните претпријатија, пред сè на малите и средните претпријатија, што ќе изнесува од 20 до 50 милиони евра. чекори со коишто внимателно, посветено работиме кон нормализација на состојбите во Македонија што е незапирлив процес. Не е важно што е во интерес на СДСМ, важно е што е во интерес на граѓаните на Македонија. Тоа се кристално чисти предизборен и изборен процес и од оваа цел отстапки нема да има. По ударната сила на вистината, доаѓа ударната сила на правдата. Затоа, не, ништо не би сменил во нашите политики кои имаат искрени намери и гледам дека граѓаните тоа го препознаваат. Сакал Никола Груевски или не, тој е тој кој ќе биде сменет, колку и да се обидува да ја одолговлекува реализацијата на Договорот од Пржино. Следните избори во Македонија ќе бидат слободни и демократски и на нив ќе победат Социјалдемократскиот сојуз со коалициските партнери и граѓаните на Република Македонија. А оваа 2015 година ќе остане добра поука и за Груевски и за неговата фамилија и за сите кои ќе помислат да владеат како него, дека вистината е шило од кое никој не успеал да побегне. Во Владата сега имате министри и заменици министри. Колку реално можете да влијаете врз предизборното трошење од буџетот, бидејќи во изминатиов период власта секојдневно објавува разни мерки, субвенции, ослободувања за одредени групи
ниеден друг начин, освен со нови и нови на граѓани, кои имаат сериозни задолжувања, што го прават сите изминати фискални ефекти? Груевски не знае на друг начин да владее, години на власт. Дополнителните заменици освен да троши милиони евра пари на министри од СДСМ, кои имаат контролна граѓаните за лични, партиски, предизборни функција, веќе обелоденија докази за цели. Преку проектот Вистината за незаконски постапувања. Спречивме Македонија граѓаните слушнаа лично од нови 300 милиони евра задолжувања, кумот на Груевски, министер за финансии што ќе беа на товар на идните генерации, а Груевски ќе ги употребеше Ставрески, како се фали за неговите предизборни дека „ќе ист урел“ 200 цели. Во престојниот период милиони евра пред избори. целосно ќе го разобличиме Тоа е вистината, Груевски МОЖНИ СЕ расипничкото владеење победува на избори на ОБВИНЕНИЈА ВО на Груевски. И казната криминален начин. ЗлоупоСКОРО ВРЕМЕ за Груевски ќе стигне од требува пари на граѓаните граѓаните, од оние над што им следуваат по закон, Од она што го знам 500.000 граѓани кои поради за субвенции, плати, пензии, од материјалите, расипничките чолокадосоцијална помош, што не има неколку политики на братучедско смее да го прави. Истото чисти случаи со – кумската власт живеат под сценарио се обидува сега конкретни докази прагот на сиромаштија, од да го повтори. Да, имате за злоупотреби од оние над 180.000 граѓани право, секој ден се расфрла страна на власта, живеат со по 40 денари на со по неколку милиони евра. што мислам дека ден, од народот што тој го Јавноста треба да знае може да резултира потцени. Бидете убедени, дека најголем дел од тие со обвиненија во заедно со граѓаните си ја најави не се планирани скоро време. враќаме државата и што и во Буџетот за 2016 година, да се обидува да направи ги немаше во експозето на Ставрески при неговото усвојување Груевски во последните денови на власт, и дека финансиските последици од овие ова е неговиот крај. предизборни манипулации на Груевски Реално ли е да се очекува дека се огромни. Тие средства Груевски и Специјалното обвинителство Ставрески не можат да ги обезбедат на ќе поднесе обвиненија со таква
НИЈА Е ПРАВДАТА ДА ЈА ВИДИ СВЕТЛИНАТА НА ДЕНОТ
Капитал број 843/844/845 25.12.2015
88
www.kapital.mk
ИНТЕРВЈУ
тежина што клучно ќе ги определат реков и најавив се случи и тоа ми дава за право да верувам дека таму каде што околностите под кои ќе се оди на е вистината, таму е и правдата и од тоа следните избори? Специјалното обвинителство е професио- назад нема. нален, самостоен орган и да оставиме да си Што очекувате од случаите ја заврши работата околу расчиствувањето Пуч и Поткуп? Едниот сега е во на скандалот со нелегалното прислушување надлежност на Катица Јанева, а и делата што произлегуваат од него. Не другиот не. станува збор за тоа дали исходот од Да, Пуч е веќе во надлежност на Специпотенцијалните истраги ќе ги определи јалното јавно обвинителство. Очекувам околностите за избори. оваа институција да ја враНасушна потреба за ти надежта во правдата граѓаните и за Република во Македонија. Јас за овој Македонија е правдата предмет не очекувам да да ја види светлината на падне или да се повлече, ОСТАНАВМЕ денот. Тоа само ќе отвори туку да се отвори до крај. ЗЕМЈА БЕЗ ЛУЃЕ пат за нормализација Ќе се потврди апсурдноста на институциите и на Бројката на иселени на овој монтиран случај што државата и за враќање од Македонија за јавноста веќе е јасна. Во на Македонија на демово потрага по врска со вториот монтиран кр атскиот коло сек и подобар живот случај против мене, поднесов европскиот пат. Од она што достигна 626.312 кривична пријава против го знам од материјалите, граѓани. Останавме јавниот обвинител кој го води има неколку чисти случаи земја без луѓе! процесот, Владо Милошески и со конкретни докази за Мора нешто да судијата во предистражната злоупотреби од страна се смени. Нашата постапка. Во прилог на на власта, што мислам цел е државата кривичната пријава се докази дека може да резултира и институциите за неовластено следење на со обвиненија во скоро да ги вратиме комуникациите на Зоран Заев време. Гледате власта во владение на и во овој случај, така што се обидува да ја кочи граѓаните очекувам и овој случај да го работата на Специјалното превземе Специјалното јавно јавно обвинителство со обвинителство. одбивањето на Законот Теоретски шанси сеуште има, но за јавнообвинителска дејност, неопходен со оглед на досегашните проблеми за уредување на правата, должностите, со имплементацијата на Договорот одговорностите, платите на лицата од Пржино, какви се реалните вработени во јавнообвинителската служба, можности до 24 април да се затоа што се плашат од расчистување на постигнат условите за фер избори? скандалите. Некој можеби ќе рече дека сум непоправлив оптимист, но сè што досега И самите гледате дека Груевски и неговите
соработници од петни жили се напнуваат да ги одложат сите зацртани рокови со Договорот од Пржино. Медиумите сеуште не се затворено прашање, а требаше да бидат до крајот на август. Пробиени се роковите за почеток на работа на Државната изборна комисија, за прочистувањето на Избирачкиот список. Доверлив изборачки список во којшто ќе веруваат сите граѓани е услов број еден за регуларно гласање. Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ги добивале изборите во криминален систем што сега е пробиен и тие се тие кои сега го доведуваат во прашање одржувањето на изборите на 24 април. Но што и да се обидува да направи Груевски, нема бегање од Договорот од Пржино! Уште еднаш укажувам, опција за Република Македонија се само кристално чисти избори. Во залог е иднината на граѓаните и на државата и потенцирам дека Социјалдемократскиот сојуз е подготвен за постигнување на оваа цел. Уште едни криминални избори во Македонија нема да се случат. Која е крајната точка или рок, од која СДСМ ќе смета дека веќе не може да се очекува оти на 24 април ќе има фер избори? Сите рокови се длабоко пробиени, тоа не е став на СДСМ, тоа го знае целата јавност во Македонија, тоа е јасно и за меѓународната заедница. Никола Груевски е исплашен од избори, не сака избори. Груевски не сака да има избори затоа што на тие избори ќе го добие тоа што го најавуваше, соочување со народот, а тој народ веќе го испраќа во историјата. Велите, договор поради договор не е опција. Што доколку вие оцените
ЗАЕВ: СИРОМАШНИТЕ ГРАЃАНИ ЌЕ ПЛАЌААТ ПОМ
www.kapital.mk
Капитал број 843/844/845 25.12.2015
89
СÈ ШТО НАЈАВИВ СЕ СЛУЧИ, И СЕГА ВЕЛАМ ПО ВИСТИНАТА ЌЕ ПОБЕДИ И ПРАВДАТА Некој можеби ќе рече дека сум непоправлив оптимист, но сè што досега реков и најавив се случи и тоа ми дава за право да верувам дека таму каде што е вистината, таму е и правдата и од тоа назад нема. дека нема услови за фер избори на 24 април, а меѓународната заедница смета дека рокот за изборите договорен во Пржино мора да се испочитува? Еве ќе повторам, само кристално чисти избори се опција за Република Македонија. Што ќе значи, односно, како ќе се одвиваат работите понатаму ако изборите не се одржат во рокот (24 април)? СДСМ заедно со коалициските партнери се подготвува за чист изборен процес на којшто ќе биде изразена слободната волја на граѓаните. Фокусирани сме на создавање услови за фер избори, однесувајки се грижливо кон својата земја. Но никој да не се лаже дека ќе дозволиме да се изиграат граѓаните. СДСМ е подготвена за заштита на интересите на граѓаните и на државата. Јас се надевам дека сите ќе се надминат себеси за доброто на Република Македонија. Играат ли улога геополитичките околности - како бегалската криза, или спорот со името што го имаме со Грција, во овој внатрешнополитички процес што треба да доживее катарза со изборите напролет? Бегалската криза е сериозно прашање што не ја засега само Македонија, туку и регионот и Европската унија. Поради тоа, според информациите што ги имам, МВР постапува во координација со надлежните органи во земјите од соседството и земјите од ЕУ, со цел менаџирање на кризата на начин што ќе обезбеди хуман третман на бегалците, а нема да ги загрози интересите
на граѓаните на земјите. Околу спорот за којшто ќе ја постигнеме оваа цел. Досега името, што се случува најдобро знае Никола ниту една реформа во Македонија немаше Груевски. Ние како опозиција, повеќе пати за цел корекција на нееднаквоста, затоа сме кажале дека немаме информации што тоа и одговараше на богаташката околу преговарачкиот процес. Од проектот фамилија на Груевски. Нашата цел е да Вистината за Македонија слушнавме дека ја вратиме бројната стабилна и спокојна Груевски договара, преговара зад грбот на средна класа. Таму каде што граѓаните се јавноста. Социјалдемократскиот сојуз ниту е финасиски стабилни, таму е можна слобода вклучен во вакви заткулисни договарања, и демократија. Од друга страна, само ниту ќе биде вклучен. слободни граѓани можат да носат одлуки во нивен интерес, а не во Еден од основните интерес на власт, партии или постулати на слично. Цврсто сме одлучни програмата на да обезбедиме еднаквост во СДСМ е враќање Македонија и знаеме како на средната класа. НЕМА да го постигнеме тоа. Зошто сте убедени АМНЕСТИЈА дека прогресивното Еден од столбовите ЗА ТИЕ ШТО ГИ оданочување е на вашата програма е ПЉАЧКОСУВАЛЕ вистинскиот чекор градење на одговорна ГРАЃАНИТЕ И што ќе ја намали власт. Дали, според Вас, ДРЖАВАТА нееднаквоста? е можно некоја власт да Нема логика за биде одговорна без да Денес за жал Македонија никаква амнестија се напушти принципот е претворена во земја на тие кои со години на партизација на на огромно мнозинство ги пљачкосувале институциите, кој осиромашени граѓани и граѓаните и владее премногу долго на мала богата група на државата. во Македонија? Како власт. Ова е резултат на Криминалците тоа, според Вас, може политиките на Никола ќе одговараат, а да се случи? Груе в ск и и н а ВМР О парите ќе мора ДПМНЕ кои имаа за цел да Е днос тавно е. Главен да им ги вратат на го осиромашат народот, критериум за вработување граѓаните. затоа што знаат дека со нема да биде партиската гладен народ полесно се книшка, туку стручноста и владее. Ставаме крај на работното искуство. Ова е ова неправда. Сиромашните граѓани една од мерките со којашто ќе се обидеме ќе плаќаат помалку данок. Богатите ќе да ги вратиме заминатите граѓани од плаќаат повеќе. Ова е една од мерките Македонија и да спречиме натамошни со којашто ќе влијаеме на намалување заминувања. Знаете дека бројката на на нееднаквоста во општеството. Станува иселени од Македонија во потрага по збор за цел еден системски пристап преку подобар живот достигна 626.312 граѓани.
МАЛКУ ДАНОК. БОГАТИТЕ ПОВЕЌЕ
Капитал број 843/844/845 25.12.2015
90
www.kapital.mk
ИНТЕРВЈУ
КОНТРОЛНИТЕ КАДРИ ОД СДСМ ВО ВЛАДАТА ОБЕЛОДЕНИЈА ДОКАЗИ ЗА НЕЗАКОНСКИ ПОСТАПУВАЊА Спречивме нови 300 милиони евра задолжувања, што ќе беа на товар на идните генерации, а Груевски ќе ги употребеше за неговите предизборни цели.
Останавме земја без луѓе! Мора нешто да се смени. Нашата цел е државата и институциите да ги вратиме во владение на граѓаните.
За таа цел ќе овозможиме голема државна поддршка за домашните претпријатија, пред сè на малите и средните претпријатија, што ќе изнесува од 20 до 50 милиони евра. Според некои неофицијални Овие средства ќе бидат дополнети со проценки јавната администрација надворешни кредитни линии, како на во Македонија пример од Европската надминува 170 илјади инвестициона банка вработени. Што и ќе бидат насочени планирате да направите кон започнување нови за намалување на бизниси, поврзување НЕМА ДА ИМА превработеноста, на домашни со БРКАЊА ОД партизираноста и странски инвеститори, РАБОТА неефикасноста на поддршка на извозот, Каде што има јавната администрација, иновации на технологии превработеност за која секојдневно од странство. Еве ќе има сведочат граѓаните и уште една мерка реорганизација, фирмите? во таа насока. Ќе по претходно Многу конкретно ќе ви креираме деловни направени анализи. одговорам. Нема да има старт-ап центри во сите Ќе ја зголемиме бркања од работа. Каде поголеми општини, ефективноста што има превработеност за повеќе нови и ефикасноста ќе има реорганизација, компании, во коишто на јавната по претходно направени државата ќе обезбеди администрација. анализи. Ќе ја зголемиме деловен простор, ефективноста и ефикасноста заеднички служби, на јавната администрација. сметководство, коишто Како, според Вас, Македонија може ќе бидат бесплатни за учесниците во центарот. Гледате сега што се случува. да дојде до стапки на економски Од политиките на виртуелни странски раст од над 5%-6%? Кои се мерките инвестиции на Никола Груевски и Зоран со кои приватниот бизнис може да Ставрески над 10.000 домашни фирми се ја повлече економијата, наместо затворени, секоја трета е со блокирана државата да биде таа што го крева сметка. За Груевски домашните растот - политика што досега беше претпријатија служат само за полнење доминантна? на Буџетот преку даноци и казни и доказ Ние сме фокусирани на развој на за тоа е предвидената мизерна државна економијата чијшто двигател ќе бидат помош што им ја дава. Замислеле, пред сè домашните претпријатија.
123 денари по претпријатие, годишно! Наш приоритет ќе биде развојот на домашните претпријатија. Развиените домашни претпријатија ќе отворат и реални работни места со пристојни приходи за граѓаните. Ова е една алка во системот мерки со коишто ќе постигнеме стабилен и реален економски раст, за финанскиски стабилни граѓани и семејства. Штом тоа се постигне и државата ќе биде економски стабилна. Една од мерките што ја најавувате е сите оф-шор компании во Македонија да ги соопштат нивните сопственици. Колку е ова сериозен проблем за Македонија? И кога сме на ова прашање, имате ли некаков став за амнестија на капиталот, по примерот на повеќе земји што ја воведоа оваа мерка за да ги вратат назад парите кои се одлеани од земјата? Колку е сериозен проблемот со оф шор компаниите во Македонија покажаа сериозните докази што водат до рајските земји, Панама, Лугано - Швајцарија, Белизе, од каде што потекнуваат бизнисите на братучедската двојка Груевски – Мијалков. Видовме докази и слушнавме што сè тие правеле и од каква помош била кумската врска со Ставрески. Па сетете се кои фирми ги добивале најубавите и најскапите плацеви во Скопје, на Водно, за што лично се заложувал Никола Груевски. Затоа, нема логика за никаква амнестија на тие кои со години ги пљачкосувале граѓаните и државата. Криминалците ќе одговараат, а парите ќе мора да им ги вратат на граѓаните.
ЗАЕВ: САМО СЛОБОДНИ ГРАЃАНИ МОЖАТ ДА НОСАТ ОДЛУКИ ВО НИВЕН ИНТЕРЕС
СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ
МЛЕчНА ИНдуСтРИЈА
29 јануари
2016
маКедонсКиот “млечен Пат“ бизнисот со млеко и млечни производи предизвикува прилично контроверзии во домашната јавност изминативе години: субвенциите во млекопроизводството растеа, а резултатот е сè помало производство и поголем увоз. во специјалниот прилог “млечна индустрија“ што ќе излезе на 29 јануари, ќе анализираме каква ќе биде 2016 година за овој бизнис сектор и што треба да се направи за поголемо производство и извоз на млечни преработки. во прилогот ќе може да прочитате:
l анализа на Пазарот: КолКу млеКо се произведува во маКедонија, КолКу се преработува, а КолКу се увезува? l КаКва стратегија имаат домашните КомПании за “борба“ Против огромната странсКа КонКуренција... l КаКви се Прогнозите и Плановите на бизнисмените од млечната индустрија за 2016 година l Кој е Кој во млечната индустрија: најголеми играчи на пазарот l КолКав е извозот на млечни Производи и Кои Пазари се најголема шанса за домашните Производители Повеќе информации во врска со прилогот и за претставување во истиот можете да добиете на е-мail: marketing@kapital.com.mk l gordana.mihajlovska@kapital.mk или на телефонскиот број ++ 389 2 3298 505
Лицe за контакт:
ГОРдАНА МИХАЈЛОВСКА
Капитал број 843/844/845 25.12.2015
92
www.kapital.mk
Агробизнис
Агробизнис форум нА прокредит бАнкА
МаКедонсКиот агро бизнис тр да се развива со здружување в Кооперативи, полесен и соодв пристап до финансирање и ин во Модернизација, иновации
искуствА: здруженото нАстАпувАње во коперАтиви и зА
www.kapital.mk
реба во ветен нвестиции и знаење
Капитал број 843/844/845 25.12.2015
93 Покрај признанија за најиновативни бизнис практики овогодинешниот Агробизнис форум донесе и конкретни предлози и заклучоци околу тоа како да се подобрат состојбите во македонскиот бизнис сектор. Министри, банкари и земјоделци дебатираа кој е најдобриот начин за искористување на полниот потенцијал на македонскиот агро бизнис сектор. Сите беа едногласни-патот до развој значи: здружување во кооперативи за заедничко надминување на предизвиците и поголема конурентност, полесен пристап до соодветна финансиска услуга и инвестиции во мoдернизација, иновации и знаење.
П
проКредит банка и оваа година ги прогласи и награди најиновативните практики спроведени од македонските бизниси. наградите свечено беа доделени на минатонеделниот агро бизнис форум на кој присуствуваа над 200 претприемачи од агро бизнисот во Македонија земјоделски производители, претпријатија од прехранбено преработувачката дејност, откупни центри, добавувачи на опрема, механизација и иновативни системи во земјоделието. Компанијата еко груп беше наградена за иновативност во одгледувањето на органско овошје и зеленчук, развој на органски бренд на готов производ и грижа кон животната средина преку своите бизнис пракики. Компанијата баџо п-т беше наградена за иновативност во одгледувањето на раноградинарски зеленук под стакленици со техника хидропоника и успешен пласман на странски пазари. оваа технологија е единствена во Македонија и на балканот. Компанијата бониер беше наградена за користење на иновативна техника за ефикасно сеење, ѓубрење и прскање на земјоделски поседи со авиони кои го прави на сопствените површини со житни култури и лозови насади, а истото како услуга го нуди и на здружени индивидуални земјоделци. ова е значаен придонес кон здружување и окрупнување на земјоделието во Македонија. Компанијата Коро компани беше наградена како модерен бизнис кој што покажал развој на препознатлив македонски
МАрИјАн дАвчИќ
претставник на задруга вочко од србија
какви се искуствата во регионот?
г
остин на овогодинешниот агробизнис форум беше и Маријан давчиќ, претставник на една од најголемите задруги во Србија, вочко, кој го пренесе нивното искуство околу предностите на задругарското здружување. „благодарение на задружувањето бевме во можност да реализираме големи инвестиции - инсталација на голем ладилник за складирање на овошјето и негова продажба надвор од сезоната кога цената е повисока и пласманот подобар, како и купување на машина за сортирање на овошје. ваквите инвестиции многу потешко се реализираат индивидуално, а дополнително сите добиваме бидејќи имаме поповолни цени за набавка на репроматеријали и полесно ги следиме законските и пазарните новости”, вели давчиќ.
АдругИ е клуч зА уСПешно зеМјоделСтво И АгробИзнИС
www.kapital.mk
Капитал број 843/844/845 25.12.2015
94
Агробизнис
т
емилијА сПировсКА
член на Управниот одбор на ПроКредит банка
окму инвестициите во иновации и знаење, здружување на помалите агро бизниси и соодветна специјализирана финансиска поддршка се иднината за постигнување на поголема конкурентност, поголем принос, поквалитетен производ и подобра продажна цена на истиот. ние како специјализирана банка за овој сегмент ќе продолжиме да бидеме активни поддржувачи на македонските агро бизниси.
производ-чаеви, зачини и оцети, развој на бренд и извозни стратегии на повеќе од дванаесет странски пазари.
Како да се искористи големиот потенцијал на македонскиот агробизнис?
Овогодинешниот Агробизнис форум упати јасна и недвосмислена порака: -„Македонскиот агро бизнис има голем потенцијал. Но, за негово искористување потребно е постојано вложување во модернизација, иновации и знаење, здружување на помалите агро бизниси и соодветна специјализирана финансиска поддршка “. Според Емилија Спировска, член на Управниот одбор на ПроКредит банка бројот на присутни на Агробизнис форумот најдобро потврдува дека токму овој настан
о
михАил цветКов
министер за Земјоделство, шумарство и водостопанство
чекуваме дека земјоделскиот гарантен фонд, програмите за развој како иПАрд 1 и иПАрд 2 и поволностите за здружување во кооперативи ќе значат можност за окрупнување на македонските земјоделци, ќе придонесат за поинтензивна ивестициска активност за модернизација и развој на домашното производство.
Џејмс стАјн
директор на Мисијата на УСАИД
е корисна платформа и еден од начините на кои се поттикнува развој на секторот“. „На овој начин се поттикнуваат инвестиции и се делува заеднички за создавање на успешни македонски производи и брендови дома и во странство. Токму инвестициите во иновации и знање се иднината за постигнување на поголема конкурентност, поголем принос, поквалитетен производ и подобра продажна цена на истиот. Ние како специјализирана банка за овој сегмент ќе продолжиме да бидеме активни поддржувачи на македонските агро бизниси”. Иницијативата на ПроКредит банка ја поздрави и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков кој порача дека банките и Министерството треба да работат заедно. “Очекуваме дека Земјоделскиот гарантен
Коро КомПАни награда за развој на препознатлив македонски бренд, квалитет на производ и извоз на странски пазари
К
оро Компани е фирма која знае да освојува нови пазари и да биде амбасадор на квалитетот на македонските производи во странство. Постојано вложува во технолошкиот процес на производство, ширење на палетата на производи и вложување во препознатливост и квалитет на брендот. извезува во речиси сите европски земји-србија, црна гора, босна, бугарија, хрватска, грција, швајцарија, Австрија, Англија, па дури и јапонија, Австралија и Канада. според претставникот на Коро Компани, виктор Коловски, задоволството од наградата е уште поголемо ако се знае дека станува збор за семеен бизнис со скромни почетоци. „она што е наша особена гордост е нашето вклучување во производство на органски производи. што е клучно за да се развива бренд?! Пред се клучен фактор е квалитетот и уште повеќе континуитетот во квалитетот на производите – убавината почнува да се покажува од внатре. ние како компанија одлучивме да размислуваме „OUT OF THE BOX“, што секако носи многу ризици, предизвици и многу многу пати повеќе работа – но истото е клучно да се оди напред“.
ПреПорАКА: институциите може Повеќе дА го ПомогнА
www.kapital.mk
Капитал број 843/844/845 25.12.2015
95 баЏо П-т
к
ако што земјоделците ќе имаат можност да инвестираат во нови технологии, нивните приноси и приходи ќе се зголемуваат. веруваме во одличните ефекти од оваа рамка, уште повеќе затоа што се реализира преку специјализирана банка како Прокредит банка. ги охрабрувам сите бизнисмени да се обратат до советниците за клиенти од Прокредит банка за финансиска поддршка преку гарантната шема.
фонд, програмите за развој како ИПАРД 1 и ИПАРД 2 и поволностите за здружување во кооперативи ќе значат можност за окрупнување на македонските земјоделци, ќе придонесат за поинтензивна ивестициска активност за модернизација и развој на домашното производство”, изјави Цветков. На него се надоврза и Џејмс Стајн, директор на Мисијата на УСАИД кој верува дека гарантниот механизам ќе го забрза развојот на земјоделството во Македонија и ќе донесе поголем просперитет за македонските агро бизнисмени. „Кога земјоделците се во можност да инвестираат во нови технологии, нивните приноси и приходи ќе се зголемуваат. Веруваме во одлични ефекти од оваа рамка, уште повеќе затоа што се реализира преку специјализирана банка како ПроКредит банка. Ги охрабрувам сите бизнисмени да се обратат до советниците за клиенти од ПроКредит Банка за финансиска поддршка преку гарантната шема”, изјави Стајн.
што велат практичните искуства?
"Во ПроКредит банка најдов повеќе од финансиска услуга. За нас секоја информација, споделено искуство, остварен контакт е клучена придобивка за бизнисот. Постојаното следење на трендовите не донесе до нашата иновативна инвестиција - одгледување на раноградинарски зеленук под стакленици со техника хидропоника, кој е еден од клучните фактори за наш успешен пласман на странските пазари”, изјави Васил Шапкарев, сопственик на Баџо П-Т, еден од најголемите извозници на раноградинарски производи во Македонија и добитник на наградата за иновативнни практики во бизнисот. Иако светските трендови за органското производство се повеќе одат во нагорна линија и Македонија може да биде конкурентна на странските пазари, бизнисмените истакнуваат дека потребни се повеќе можности за едукација на персоналот, каде искуството ќе се стекнува побрзо отколку преку процес на обиди и грешки. Ова го потврди и
награда за иновативна техника за одгледување на раноградинарски производи во текот на целата година и пласман на странски пазари.
с
танува збор за единствениот производител на ранорадинарски производи во македонија кој благодарение на иновативна технологија прозведува домати во текот на целата година. станува збор за агро бизнис кој единствен во македонија и на балканот ја користи т.н технологија со хидропоника. со површина од над 13 ха овој бизнис е еден од најголемите извозници на раноградинарски производи во србија, турција, русија, украина, Полска, Чешка, Хрватска, словенија, Латвија. „компанијата започнува со силната визија на мојот татко конечно да имаме свое производство, наместо да се занимаваме со трговја со земјоделски производи, бизнис во кој влеговме од 1992 година. ние веруваме дека може да се има добар и конкурентен македонски производ. Патот до тоа е инвестирање, и во знање и во механизација и во технологија. ништо не се постигнува ако седиме затворени -патот до успехот се светските саеми, светските пракси и градење на меѓународни контакти“, изјави васил шапкарев, претставник на баџо т-П. на наградените претприемачи Прокредит им овозможува деловно патување во странство за посета на модерен агро бизнис од нивната бранша каде ќе имаат можност да ги погледнат најновите трендови во агро бизнисот и да оставарат бизнис контакти за меѓународна соработка. ораганизаторите-Прокредит банка веруваат дека на ваков начин даваат дополнителен придонес кон поттикнување и поддршка на развојот на агро бизнисот како една од најпотенцијалните гранки во македонската економија. Прокредит банка е лидер во финансиската поддршка за агро бизнис секторот и единствена банка која го обслужува со специјализиран фокус и кадар.
Аница Андреева, претставник на Екогруп органски производител награден за иновативен бизнис. ‘’Главниот предизвик за развој на органското производство е недостатокот на знаење за технологијата на производство и изнаоѓање на начини кои ќе овозможат конкурентно производство по цени кои се
прифатливи за потрошувачите. За жал има голем недостаток на можности за едукација на персоналот и производителите локално. Затоа ја поздравувам иницијативата на ПроКредит за постојаниот поттик на споделување информации, новости и размена на искуства во агро бизнисот”, вели Андреева. nnn
ат секторот и со тоа да Придонесат за оПшт добробит
www.kapital.mk
Капитал број 843/844/845 25.12.2015
96
ДЕЛОВНА 2016
Светот во 2016 година
ИД ќе продолжи да „пр Европа тешко да се спр половичен учинок ќе с Исламската држава ќе продолжи да претставува закана, да биде еден од факторите за „производство“ на бранови бегалци, со кои Европа несоодветно ќе се справува, по цена на сопствена фрагментација, додека, пак, факторот Башар Асад ќе и дава позицијата на Русија во кризата на Блискиот исток која битно ќе влијае и на изборите во САД од кои се очекува тесен резултат
П Подготвил:
Максим Ристески
maksim.risteski@kapital.mk
Големите геополитички случувања, особено трагичните, по кои ќе ја паметиме изминатава година, ќе ексалираат, а факторите од кои се очекува, несоодветно ќе ги решаваат. Ова взаемно ќе влијае на Европа, на тоа дали рускиот претседател Владимир Путин ќе успева да го оттргнува вниманието на Русите од вистинските проблеми во државата, на изборите во САД, на референдумот во Велика Британија за напуштање на Европската унија... Ова се случувањата и настаните за кои и самите прилично точно претпоставуваме како ќе се одвиваат, а аналитичарите имаат повеќе детали.
Исламската држава ќе се шири, и преку арапскиот свет
С
е очекува Соединетите Американски Држави да усвојат нова стратегија против Исламската држава што ќе зависи од расположението на нациите од Блискиот исток да се справат со терористичката група. Четирите главни држави во регионот што ја опкружуваат територијата на ИД - Турција, Иран, Саудиска Арабија и Израел, нема да сакаат поизложено да влезат во конфликтот, но САД ќе се обидат да мотивираат барем една од нив да го преземе товарот на поразувањето на ИД и на стабилизирањето на регионот. На Блискиот исток се очекува ИД во 2016 година да ги прошири своите активности во држави како Саудиска Арабија, Египет, Јемен и Либија. Ова ширење може да отиде и преку арапскиот свет, во потсахарска Африка и во југозападна Азија. Се смета дека САД тешко ќе ги постигне посакуваните резултати во
борбата со ИД, а Турција ќе биде принудена да се справува со терористичката организација, при што борбите може да се прелеат преку нејзината граница. Реџеп Таип Ердоган, загрижен поради руското присуство во Сирија и другите прашања, како падот на глобалната цена на енергенсите, ќе се приближува до Вашингтон, и ќе биде понепријателски настроен кон Москва. Ако приближувањето до САД го даде очекуваниот резултат, Турција дополнително ќе се пројави како регионална сила на Блискиот исток. Според предвидувањата на Geopolitical Futures, сервисот основан од Џорџ Фридман, кој е основач и CEO на приватната разузнавачка корпорација Stratfor, САД и во 2016 година ќе продолжат да ја префрлаат својата стратегија за влијание на глобалните случувања од првенствено употребата на воена сила, кон промовирање баланс на силите во регионите.
Џорџ Фридман: САД и натаму ќе влијаат на глоба
www.kapital.mk
Капитал број 843/844/845 25.12.2015
97
роизведува“ бегалци, равува, САД со се бори со терористите Кај Британците ќе натежнат аргументите за останување во ЕУ
З
а Британците се очекува со слабо мнозинство на референдумот да одлучат да останат во Европската унија - референдумот треба да се одржи до крајот на 2017 година, но најверојатно ќе се случи во 2016 година. Останувањето во ЕУ ќе значи дека за Британците натежнале аргументите на кои предупредија големите компании и странските инвеститори - оти brexit-от би можел да води до губење на работни места како и на странски инвестици. Во случај да ја напушти ЕУ, Британија за да го задржи својот пристап до единствениот пазар ќе мора и натаму да ги следи регулативите на Унијата и да издвојува големи износи за европскиот буџет. Причина за останување во ЕУ би била и Шкотска, која ако Британците гласаат за напуштање на Унијата, веднаш ќе бара нов референдум за независност од Британија. Од друга страна, Bloomberg во „Песимистичкиот водич за светот во 2016“, пишува дека премиерот Дејвид Камерон
би свикал референдум во јуни, за што порано да стави крај на несигурноста за иднината на земјата, а градоначалникот на Лондон, Борис Џонсон, би ја предводел и би победил во кампањата за излегување од ЕУ, во која би одел со популистички слогани и застрашувања поврзани со незапирливиот бран бегалци. Во тој случај,
песимистичкото сценарио на Bloomberg предвидува преселба на глобалните банки и хеџ фондови од островот на континентот, за да си го сочуваат пристапот до слободниот пазар, а набрзо тоа да го направат и компаниите производители. Би почнала долга рецесија, Шкотска би спровела втор референдум за независност ...
Европа ќе продолжи несоодветно да реагира на бегалската криза плаќајќи ја цената за тоа
В
о Европа очекувањата се дека економската криза од Грција ќе се пресели во Италија. Европската, пак, бегалска криза што ја усложнија терористичките напади во Париз ќе се продлабочи. The Economist во својата публикација „Светот во 2016 година“, пишува дека европското управување со мигрантската криза ќе остане жално несоодветно. Решението ќе се бара во создавањето единствена политика за бегалците на ниво на ЕУ и полиција што ќе патролира по надворешните граници на Унијата. Потфатот се очекува да наиде на отпор кај членките на ЕУ кои не сакаат одговорност за контролата на границите на послабите држави како Грција и Унгарија. Како и да е, се очекува ЕУ да ја зголеми контролата на движењето на луѓето, како и подоцна на трговијата.
Овие две кризи, заедно со неуспехот на Европа да го менаџира решавањето на ситуацијата во Украина, ќе бидат фактори на фрагментацијата што ќе доминира со Европа во 2016 година. Земјите-членки на ЕУ ќе ја зголемуваат својата автономија, и моќта на Унијата ќе се намали. За Европа, но и за двете богати страни на Атлантикот, The Economist, гледа ризик од политиките на државите, кои очигледно предизвикуваат пад на довербата на јавноста во владите, и соодветен раст на рејтинзите на популистичките политичари. Британскиот неделник пишува за раст на популизмот со десна
провениенција, како оној на Марин Ле Пен во Франција или на Доналд Трамп во САД, исто како и на левичарскиот, што го персонализира, на пример, закоравениот левичар и нов лидер на британските лабуристи, Џереми Корбин. Bloomberg, во својот „Песимистички водич за 2016“, како можно во случај на најнеповолни околности, развива сценарио во кое големи европски градови се цел на терористички напади слични на парискиот. Канцеларката Ангела Меркел така е принудена да поднесе оставка поради бегалската политика, а Националниот фронт, односно лидерката Марин Ле Пен, застанува на чело на подемот на националистичките популистички организации што би си го направиле своето ширејќи ксенофобични и економски стравови.
алните случувања, но сè помалку со воена сила
www.kapital.mk
Капитал број 843/844/845 25.12.2015
98
ДЕЛОВНА 2016 Сајбер-криминалот ќе стане уште посериозна финансиска и политичка закана
С Најскапата изборна кампања во историјата на САД ќе заврши со тесен резултат
Н
астан со глобално значење во 2016 година секако ќе бидат изборите во САД. Аналитичарите оценуваат дека Американците се овојпат јасно партиски определени/ поделени, и во зависност дали се одлучиле за конзервативната опција (републиканската), или за либералната (демократската), на насобраните проблеми во општеството и во светот (позицијата на САД во светската геополитика им го дава тоа право) гледаат од многу различни позиции. Се предвидува тесен резултат на изборите, а во кампањата во која (според претходно кажаното) едната опција не треба да се надева дека може да го смени мислењето на претставниците на спротивниот табор, ќе се оди на утврдување на позициите, и на неа ќе се потроши рекордна сума пари. Законот за финансирање на кампањите во САД е олабавен, и се очекува вкупниот трошок на кандидатите, на партиите, и на надворешните групи, да надмине пет милијарди долари, што е двојно повеќе од проценетите трошоци за изборите во 2012 година. Ако во Белата куќа остане демократ, прогнозите се дека тоа ќе биде Хилари Клинтон. Кај републиканците, очекувањата се дека номинацијата ќе ја добие кандидат прифатлив за големите донатори и носители на моќ, како, на пример, сенаторот од Флорида, Марко Рубио. Конечниот резултат од изборите во САД ќе зависи (и) од фактори што се далеку од контролата на кандидатите, и се смета дека ако светските сили го исфрлат од колосекот американското закрепнување во 2016 година, демократите ќе бидат поразени. Ако, пак, економијата продолжи во добар правец, сопартиец на Барак Обама има поголеми шанси да дојде до тесната победа. Според Bloomberg најнепосакуваното сценарио на изборите е Доналд Трамп да стане претседател и да ги исполни предизборните ветувања за менување на даночните закони и за заострувањето на имигрантските политики, особено кон муслиманите и Мексиканците. И како победник Трамп да и се нафрли на Кина обвинувајќи ја дека е валутен манипулатор, поради што САД би почнале агресивна економска шпиунажа, на што Кина не би останала без одговор, со сите последици за двете големи сили и за светот.
е очекува дека хакирањето ќе станува се посериозна закана, зашто финансиски мотивираното (хакирање) веќе ги надмина едноставните илегални активности како крадењето податоци од кредитни картички и сега веќе зборуваме за софистициран криминален бизнис. Политички, пак, мотивираните „хактивисти“ веќе нападнаа мрежи од форматот на владата на САД и на Волстрит, до оној на Исламската држава. Хакери финансирани од Русија, од Кина и од други држави ќе продолжат да спроведуваат економска шпиунажа за крадење вредни бизнис тајни. Терористите како ИД веќе го користат интернетот за пропаганда, но тоа може да стене уште поопасно. „Има опасност дека терористите ќе станат уште „попаметни“ и поефикасно ќе го употребуваат интернетот за своите цели“, вели директорот на Control Risks, консултантската компанија што се занимава со анализа на глобалните ризици, Мајкл Моран. Во „црното“ сценарио за 2016 година на Bloomberg, руски и ирански хакери почнуваат заеднички напади против американскиот финансиски сектор одмаздувајќи се за наложените санкции. Како резултат, паѓа довербата во финансискиот систем, Федералните резерви го запираат натамошното покачување на каматите. Доларот поевтинува, акциите, исто така, инвеститорите почнуваат да купуваат недвижности и злато.
За Сирија можностите се лоши ... и полоши
С
поред The Economist, за Сирија сите можности во 2016 година се лоши, но има лоши и полоши. Неделникот смета дека за Западот приоритет мора да биде запирањето на војната во земјата. А за да се направи тоа, НАТО мора да биде поодлучно. Јасно е дека тешко би се стигнало до диполматските компромиси неопходни за потраен мир. Кога, и како и да дојде до нова влада во Дамаск, што ќе го наследи Башар Асад, The Economist смета дека таа нема да биде либерална и нема да ја контролира цела Сирија. Меѓутоа, пишува во публикацијата на неделникот, Сирија не може да се надева на подобро од ова.
Избори во САД: Ќе се потроши рекордна сума за тесна победа
Рок за пРијавување: 30 деКемврИ 2015
Kонтролинг кај човечките ресурси луѓето во контролингот l јануари – Февруари 2016 година l во просториите на Институт Концепт, Скопје Институт КОНЦЕПТ во соработка со МЦБ едукација од Белград, организира тренинг-академија за Контролинг кај човечките ресурси – луѓето во контролингот, која е направена по лиценца на германската Controlling Akademie Munich. Тренингот за Контролинг кај човечките ресурси се состои од 2 сесии (тренинзи) по 2 дена: луѓето во контролингот
За кого е наменет тренингот:
Тренингот е наменет за сите професионалци во контролингот и финансиите и менаџерите на човечки ресурси: контролерите, шефовите за контролинг, план и анализа, репортинг, економика, перформанс менаџмент, известување, аналитика, буџетирање, sales controlling, CAPEX controlling, фабрички контролери, IT controlling, business inteligence аналитичари, претпријатија кои го имаат имплементирано SAP стандардот и сл.
l 1 Сесија (14-15 јануари 2016 година) Психологија во контролингот и известување.
Предавач:
l 2 Сесија (4-5 февруари 2016 година) Тимска работа, анализа на проблемот и презентација.
генерален менаџер на MCB – Menadzment Centar Beograd, специјализирана компанија за едукација на менаџери и личен развој.
Бојан ШчеПановиќ
КОНТАКТ: м-р Ленче Зикова и м-р Ирена Богоевска l e-mail: institut@koncept.com.mk l 02 3216 962
www.kapital.mk
Капитал број 843/844/845 25.12.2015
100
ДЕЛОВНА 2016
Русија ќе продолжи против западниот ветар, за да крева прашина што треба да ја скрие од Русите ситуацијата во земјата
С
АД се очекува да издејствуваат делотворен договор за Украина и да придобијат сојузници по должината на границата на Русија. Русија се смета дека ќе го прифати овој договор, формално или макар неформално (второво, ако Путин инсистира така). Што ќе содржи договорот тешко е да се претпостави, но мирот во Украина најверојатно нема да значи крај на ширењето на „студениот“ конфликт. Ова во контекст на главната руска цел што е соседните европски држави, вклучувајќи ја и Украина, да останат неутрални, за што Русија ќе потсетува и на моќта на нејзината воена сила, поради што САД ќе продолжи да ја засилува својата заштитна линија низ земјите сојузнички. The Economist во публикацијата „Светот во 2016“ пишува дека со активностите надвор од земјата, Путин сака вниманието на граѓаните наместо на паричниците и фрижидерите да биде свртено кон ТВ-екраните, но оти во 2016 судирот на двете реалности - онаа што ја создава руската телевизија и другата што ја чуствуваат Русите, ќе биде главна тема. Сето ова, пишува The Economist, би можело непријатно да го изненади Путин на парламентарните избори што во Русија
ќе се одржат во септември 2016. Она, пак, што според Bloomberg би било песимистичко сценарио за светот, е оптимистичко за Русија, а подразбира Путин да го надитри Барак Обама (до истекот на мандатот на актуелниот претседател на САД), организирајќи предавање на власта во Сирија (од страна на Башар Асад),
како дел од „дил“ за регионалната борба против Исламската држава. Ова би го запрело бранот бегалци, и би го ослабило притисокот врз Меркел и другите европски лидери. Така канцеларката ќе одлучи да му даде за право на европското бизнис лоби кое тврди дека дошло време за укинување на санкциите против Русија.
Ризици во потенцијал
М
еѓу ризиците што не се највидливи на радарот, а кои може во секој момент да ескалираат, се односите меѓу Пакистан и Индија, потоа Северна Кореја за чиј лидер Ким Џонг Ун не се знае доволно, во смисла со каква моќ располага, и како би можело да се одрази во контекстот неговото евентуално нарушено здравје. CNN Money ги предупредува американските компании што работат во Африка, споменувајќи ја Starbucks која си создава упориште на континентот, за ризиците од терористичката група Боко Харам.
Кина во 2016 ќе влезе понесигурно отколку пред една година
В
о Азија, се очекува она што дел од аналитичарите го нарекуваат „растечка диктатура“ умерено да се зголемува, како и економските проблеми да продолжат да излегуваат на површина. Кинеската Влада ќе го употреби упадот во Јужнокинеското море за да ги увери Кинезите дека државата им е главна регионална сила. Кина ќе преземе мерки за контрола на економскиот дисбаланс, што ќе предизвика последици за економиите зависни од извозот во најнаселената држава. Најпесимистичкото сценарио што за Кина го разгледува Bloomberg, подразбира да се покаже дека економијата на Кина
е во многу полоша состојба од она што може да се претпостави. Во ваков случај големите градови каде е сместена индустријата би почнале да се бунтуваат, а властите во Пекинг би одговориле, меѓу другото, и со ограничување на социјалните медиуми. Новиот претседател на САД, според сценариото, би пратил бродови во спорните територии на Јужнокинеското море и би ја засилил поддршката за новата антикинеска влада во Тајван. Пекинг, како одговор, би се заканил со одредени воени дејства, а целата ситуација на отворено море би значела прекин за бродскиот транспорт, како и за воздушниот.
Economist: Ќе расте десниот и левиот популизам во Европа
ЗА ВРВНИ МАГИСТЕРСКИ СТУДИИ НЕ МОРАТЕ ДА ОДИТЕ ВО СТРАНСТВО!
СЕГА И ВО СКОПЈЕ! • Престижна МБА програма за развој на вашата кариера • Рангирана помеѓу првите 100 во светот • Со тројна меѓународна акредитација која гарантира квалитет на наставата
УПИСИТЕ СЕ ВО ТЕК! msm.uacs.edu.mk
ЗА ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ:
Универзитет Американ Колеџ Скопје Трета Македонска Бригада 60, 1000 Скопје Тел: +389 2 2463 156
Е-пошта: globalmba@uacs.edu.mk Веб: msm.uacs.edu.mk
Капитал број 843/844/845 25.12.2015
www.kapital.mk
interview Интервју 102
БОжИдар јанкОвскИ извршен директор на Динерс Клуб Македонија
Остануваме првИ вО грИжата на нашИте кОрИснИ
јанкОвскИ: гОдИната ја завршуваме сО 10% згОл
www.kapital.mk
и
ици
Капитал број 843/844/845 25.12.2015
103 Динерс Kлуб е “семејство” од 15.000 членови. Наша грижа е постојано да го подобруваме портфолиото на услуги што ќе ги прави членовите привилегирани. Македонија е мал пазар, присутни се скоро сите брендови во овој бизнис, конкуренцијата е голема, но ние сме посветени да ја обезбедиме “ексклузивноста” на брендот - сакате картичка што можат да ја имаат и ја имаат сите или сакате нешто што ве прави единствени и поинакви.
Г
XX Г-не Јанковски, со какви резултати Динерс Клуб Македонија ја завршува 2015 година? Во колкава мера ги исполнивте зацртаните цели и планови? Во услови на непредвидливи пазарни осцилации предизвикани од кризата успеавме да останеме во рамките на нашите проектирани цели. Годината ја завршуваме со 10% зголемување на членството и 7% зголемен промет. XX Како котира Македонија на мапата на Динерс регионално, нормално, ако ги споредиме куповната моќ и останатите фактори на пазарите во окружувањето? Во регионот неколку франшизи покажуваат перформанси на одлично етаблиран бренд меѓу кои е и македонската франшиза, и тоа гледано низ повеќе параметри: финансиски учинок, иновации, задоволство на членовите и оперативна мобилност.
Промените во сопственоста на глобално ниво и влезот на Discоver, донесоа нов поглед на Динерс на пазарот. Во САД и Европа ние сме главно бренд за побогатите, значи корпоративна картичка за хиерархиски подобро етаблираните, но балканските франшизи се доминантно индивидуални картички. XX Колку корисници има Динерс во моментов во Македонија? Дали има простор за раст, односно, колкав е потенцијалот на домашниот пазар за користење на оваа картичка? Динерс Клуб е “семејство” од 15.000 членови. Наша грижа е постојано да го подобруваме портфолиото на услуги што ќе ги прави членовите привилегирани. Македонија е мал пазар, присутни се скоро сите брендови во овој бизнис, конкуренцијата е голема, но ние сме посветени да ја обезбедиме “ексклузивноста” на брендот - сакате картичка што можат да ја имаат и ја имаат сите или сакате нешто што ве прави единствени и поинакви. XX Кои се најзначајните привилегии и бенефиции што ги имаат членовите на Динерс Клубот? Членовите на Динерс Клубот имаат многу привилегии и бенефиции. Некои од нив се, на пример, 24 часовна услуга, можност за плаќање на рати, потоа флексибилни лимити, рати без камата, одложено плакање, подигнување на готовина на рати. Потоа, членовите на Динерс Клубот можат да користат
20 успешни години на Динерс Клуб во Македонија
М
инатата година прославивме 20 успешни години на Динерс Клуб во Македонија. Истата година за прв пат ја добивмe наградата од “European Business Awards”, каде што Динерс Клуб Македонија беше прогласен за Национален шампион во категоријата “Грижа за корисници”. Таа година Динерс Клуб ја покажа својата општествена одговорност, донирајќи вредна опрема на Конзерваторскиот оддел на НУБ “Св. Климент Охридски” од Скопје, во вредност од 10.000 евра, која е клучна во процесот на зачувување на македонското културно наследство за идните генерации.
лемување на членството и 7% зголемен промет
www.kapital.mk
Капитал број 843/844/845 25.12.2015
104
Интервју
Ние сме навистина поинаква приказна. Можете да имате три visa картички од три различни банки, но само една е Diners, нема копии!
постојани акции со продажни места, како и попусти кои важат само за членовите на Динерс Клуб, влез во аеродромските салони, честитање на родендени, покани за разни евенти... Динерс Клуб Македонија е единствена финансиска институција која има наградна програма, во рамки на која со одреден број на поени Динерс Клуб членовите подигнуваат брандирани награди или ваучери во познатите бутици, ресторани.. XX Како би опишале со неколку збора што значи да се поседува Динерс картичка? Што ја прави разликата во однос на другите картички? Слоганот на Динерс Клуб е “Создадени еден за друг”, а тоа кажува дека успешни сме онолку колку што сме им потребни на другите, а ние еден без друг не можеме. Ние сме навистина КЛУБ, можностите за нашите корисници се нашата единствена работа. Ако поседувате картичка што ја издава некоја од нашите банки, вие сте дел од многуте услуги на таа банка, ако сте Динерс корисник ние сме само Ваш оператер, немаме други резервни дејности. Ние сме навистина поинаква “приказна”, Ви реков, можете да имате три visa картички од три различни банки, но само еден Diners, нема копии! XX Кои се новитетите што ги понудивте
Помош за оние на кои им е најпотребна
С
екоја Нова година, во соработка со Министерството за труд и социјална политика, донираме средства на институција која има потреба за донација. Сме ги поддржале проектите “Деца на улица”, неколку пати Институциите за деца болни од церебрална парализа, Народна кујна, Семејства сместени во Чичино село. Редовни донации имаме кон Здружението на граѓани за лица со дисфунцкии, хендикеп, ретки болести и посебни потреби Дајте ни крилја. Оваа година средствата за донација ќе бидат донирани на деца сместени во згрижувачки семејства во цела Македонија.
Награда од Global Banking & Finance Review
Динерс Клуб со најдобра грижа за своите клиенти
П
рестижниот меѓународен магазин за банкарство и финансии Global Banking & Finance Review во своето годишно известување за состојбата и перформансите на светскиот финансиски пазар и институции го одбра Diners Club Macedonia како компанија која покажала извонредна посветеност кон своите членови, и и ја додели наградата за “Најдобар сервис за грижа на клиенти” (Best Credit Card Customer Service Company Macedonia 2015) во конкуренција на сите издавачи на картички во Македонија за 2015 година. Наградата се доделува после опсежни анализи на квалитетот на услугите кои компаниите ги нудат на пазарот и за неа одлучува панел од експерти предводени од уредувачкиот тим на списанието, издавачот и стручните лица кои го вршат истражувањето. Нивната неутралност при одлучувањето дава додатна тежина на ова важно меѓународно признание. Одлуката оваа награда да се најде токму во рацете на Diners Club Macedonia е донесена поради постојаното надградување и унапредување на сервисот кој компанијата им го овозможува на своите членови, блискоста и леснотијата со која се одвива секојдневната комуникација, едноставноста во решавањето на недоразбирањата и 24 часовната посветеност на изнаоѓање нови привилегии при плаќањето и купувањето со Diners Club картичката.
Јанковски: Слоганот на Д
www.kapital.mk
Капитал број 843/844/845 25.12.2015
105
во користењето на Динерс картичката изминатиов период? Како всушност привлекувате нови клиенти и ги задржувате постојните? Динерс Клуб Македонија оваа година понуди две нови кобрандирани картички на пазарот. Првата е Динерс Клуб Аџибадем Систина картичката. Членовите кои ја поседуваат оваа картичка имаат попуст во Систина, посебни цени за одредени медицински услуги и попуст во одредени продажни места. Втората е Динерс Клуб – Кроација осигурување живот. Животното осигурување е сигурност и неопходност, тоа е нашата филозофија и тргнувајќи од овие премиси го направивме партнерството со Кроација Осигурување живот. Со новиот начин на плаќање 12 рати без камата, животното осигурување го сведовме на ниво на секојдневна неопхнодност, лесно достапна, сигурна, безбедна и дофатлива иднина. Динерс Клуб членовите со оваа картичка добиваат и ваучер од 2000 денари за дополнителна полиса. Последна новина во Динерс Клуб
годинава, како шлаг на успешната година е промовирање на Diners Club – Advantage card, многу повеќе од класичната картичка, која обезбедува привилегиран третман, ексклузивни бенефиции, создадени за нашите лојални членови. XX Какви се плановите на компанијата за 2016 година? На што ќе се фокусирате во периодот што следи? Да продолжиме да бидеме први во грижата на нашите корисници. XX Што очекувате генерално на економски план годинава во Македонија, со оглед дека следуваат избори, политичка неизвесност и сл.? Со оглед на настаните од политичка природа кои секако ќе ја направат првата половина од годината прилично статична за бизнисот, тоа ќе влијае и на обемот на трансакции, но се надеваме дека нашите бизнис проекции нема драстично да бидат загрозени од дополнителни, засега непредвидливи нус ефекти од кризата и ние во нашата бизнис агенда ќе останеме на проектираните економски сидра за 2016 година. nnn
Поддржувач на македонската култура
В
еќе петта година, Динерс Клуб Македонија изработува столни календaри, сите поврзани со македонската култура “Поддржувач на македонските културни вредности”
XX2012 година: Магичната убавина на Македонската жена низ историјата XX2013 година: Театарски премиери од претходната година, од сите македонски таетари со одбрана реплика за секоја претстава “Човеку ...и во соништата треба добрината да се прави!” XX2014 година: Наградени македонски филмови XX2015 година: Unseen Masin, ексклузивни предмети насликани од раката на Масин, беа ставени на календарот XX2016 година: Unseen Mancevski, необјавени фотографии на режисерот Манчевски, со кој наредната година ќе ја отвори изложбата во Њујорк и во Скопје (street photography).
Динерс Клуб е “Создадени еден за друг”
www.kapital.mk
Капитал број 843/844/845 25.12.2015
106
LifestyLe
од Специјалната Серија "приВатна резерВа"
Винарија "Стоби" промоВираше шеСт ноВи премиум Вина
В
Винаријата „Стоби“ пушти во продажба шест нови премиум вина од специјалната серија „Приватна резерва“ (Private Reserve). Станува збор за посебна линија која се состои од пет црвени и едно бело вино, произведени од грозје со врвен квалитет и
новите вина акација, аура, аксиос, аминта, Вердо и Веритас, кои „Стоби“ неодамна ги промовираше, го претставуваат „најдоброто меѓу најдоброто“ создадено од стручниот тим на винаријата. Станува збор за посебна линија која се состои од пет црвени и едно бело вино, произведени од грозје со врвен квалитет и зреени во дабови буриња. зреени во дабови буриња. Новите вина Акација, Аура, Аксиос, Аминта, Вердо и Веритас, кои „Стоби“ неодамна ги промовираше, го претставуваат „најдоброто меѓу најдоброто“ создадено од стручниот тим на винаријата. Светлината и топлината
на долгото македонско лето, темпераментот на античките винари, ориенталната аура на античката Персија, како и мекоста и топлината што ја нуди реката Вардар се само дел од вкусовите вткаени во секое од овие премиум вина.
Вината: акација, аура, акСиоС, аминта, Вердо и ВеритаС - го претС
www.kapital.mk
Капитал број 843/844/845 25.12.2015
107
Винаријата "Стоби" е добитник и на бројни светски награди
Дане Јованов директор на Стоби, Јадранка Кларич Кимовска комерцијален директор на Стоби и Илија Лазовски комерцијален директор на групацијата Permindeks Дане Јованов и Јадранка Кларич Кимовска
Со богатството на вкусови и ароми како што се јужно овошје, праска, карамел, свежо печен леб, црвени бобинки, роза, ванила, тие ги пленуваат љубителите на виното и не ги оставаат рамнодушни ниту најпребирливите. Дека станува збор за премиум линија на вина покажува и елегентниот дизајн на шишињата кој специјално е избран за оваа серија. Комбинацијата од црна и сребрена боја извонредно го акцентира минималистичкиот дизајн, а ја нагласува елеганцијата и филигранското внимание кое што му е посветено на секое шише. Дизајнот на новата премиум линија на „Стоби“ дише во духот на македонската филигранска традиција, но истовремено совршено се вклопува во модерните дизајнерски текови.
„Кога еднаш ќе ве обземе магијата на создавање добро вино, комплетно се посветувате на создавање ремекдело кое во себе ја содржи тајната и совршенството на универзумот. На тој пат кон совршенството успеавме да го оживееме речиси алхемичарскиот процес на создавање вино без компромиси“, изјави Дане Јованов, директор на винаријата „Стоби“ на денешната промоција. Со промоцијата почнува и официјалната продажба на премиум вината на „Стоби“ на домашниот пазар, со што тие стануваат достапни за македонските потрошувачи. Поради квалитетот на премиум серијата се очекува новите вина за многу брзо време да ги придобијат вкусовите на пребирливите македонски потрошувачи. Во исто време, вината ќе почнат да се продаваат и во
СТАВУВААТ "НАЈДОБРОТО МЕѓУ НАЈДОБРОТО"
Дека потрошувачите го препознаваат квалитетот и вредноста на вината што ги произведуваат, зборуваат и бројните интернационални признанија кои ги има освоено оваа винарија. Ова се дел од саемите и натпреварите на кои винаријата „Стоби“ учествуваше и беше наградена: XX "DECANTER WORLD WINE AWARDS", ВЕЛИКА БРИТАНИЈА XX "CHARDONNAY DU MONDE", ФРАНЦИЈА XX "SYRAH DU MONDE", Франција XX "MUNDUS VINI", ГЕРМАНИЈА XX "LE MONDIAL DU ROSÉ", ФРАНЦИЈА XX "ROYAL WINE CHALLENGE", ПРАГА, РЕПУБЛИКА ЧЕШКА XX "VINOVITA", ЗАГРЕБ, ХРВАТСКА XX "BALKAN WINE COMPETITION", СОФИЈА, БУГАРИЈА XX "NOVOSADSKI SAJAM", НОВИ САД, СРБИЈА XX "VINO SLOVENIA", СЛОВЕНИЈА XXTHE SOMMELIER WINE AWARDS 2014 XXVINO LJUBLJANА XXROYAL WINE CHALLENGE, ЧЕШКА, 2010 XXBALKAN INTERNATIONAL WINE COMPETITION, 2013 XXBALKAN INTERNATIONAL WINE COMPETITION, 2012 XXMUNDUS VINI XXLES MONDIAL DU ROSE, FRANCE XXINTER WINE, NOVI SAD SERBIA 2013 XX VINO BALKANIKA XX МUNDUS VINI, GERMANY XX LES MONDIAL DU ROSE, FRANCE XX ROYAL WINE CHALLENGE, PRAGUE XXVINOVITA, ZAGREB XXBALKAN WINE COMPETITION, SOFIA 2012 XXBALKAN WINE COMPETITION, SOFIA 2013 XXСАЕМ ЗА ВИНО GORNA RADAGONA SLOVENIJA, 2013
www.kapital.mk
Капитал број 843/844/845 25.12.2015
108
LifestyLe
неколку земји во регионот, а во следната фаза оваа специјална серија ќе биде претставена и на повеќе светски пазари. Од „Стоби“ најавуваат дека новите вина ќе бидат главниот адут на винаријата на претстојните меѓународни натпревари и вински саеми, каде што винаријата ќе ја оправда одличната репутација што ја има во изминатите години. Винарницата „Стоби“ е втор најголем извозник на вино во земјава. Најголемиот дел од произведените врвни вина од оваа винарница или 75 отсто оди на странските пазари во Канада, Северна Америка, Кина, потоа во Европа и тоа во Холандија и Германија како и Русија. Вкупно 11 отсто од произведеното оди на домашниот пазар. Винаријата „Стоби“, преку поврзаните субјекти АД Црвени Брегови и АД Вардар Градско, располага со 600 хектари под лозови насади. Врз основа на овие површини проектиран е капацитетот на винарницата од 4,5 милиони литри. Винаријата „Стоби“ произведува висококвалитетни вина кои на пазарот исклучиво ги пласира во шише. Винаријата располага и со најновата и најмодерна, целосно автоматизирана технологија онаа која
новозможува да се задржи и да се зачува квалитетот не само на нашето грозје, туку и на вината. Целата инсталираната технологија потекнува од Италија и Германија, вклучувајќи компании како GIMAR TECNO, SIPREM, GORTANI, DALLA
TORRE IMPIANTI, PALL системи на филтрација итн. Линијата за полнење вино потекнува од KRONES АG и има има капацитет од 5.000 шишиња на час и може да работи со пет формати на шишиња (1л стелвин, 1л плута, 0.750л, 0,5 л, 0.187л шише). nnn
Стоби: е втор најголем извозник на вино во шише од македонија
Рок за пРијавување: 11 јАНуАри 2016
Курс по напредно сметКоводство и сметКоводствена администрација l 15 јануари 2016 година (петок) l во просториите на Институт Концепт, Скопје Со завршување на овој курс учесниците ќе се стекнат со напредни знаења во поглед на применетото сметководство, примената на МСС и МСФИ во бизнисот, ќе ги разбираат ефектите од сметководствените промени и вреднувањето, ефектите од висината на износот на данок на профит, како и составување завршна сметка, финансиски извештаи, и даночен биланс. Курсот е наменет за лица коишто имаат основни познавања во однос на сметководството и имаат потреба и желба истото да го надградат. Курсот изобилува со практична работа и примери коишто се со цел, полесно разбирање и изучување на материјата. Предавањата ќе се одржуваат два пати неделно во попладневните часови од 17.00 до 20.00 часот, во просториите на Институт КОНЦЕПТ. Учесниците преку високо професионални предавања, практична работа и соодветна литература за 32 часови ќе го научат напредното ниво на сметководство.
КОНТАКТ: м-р Ленче Зикова и м-р Бојана Делидинкова l e-mail: institut@koncept.com.mk l 02 3216 962
Капитал број 843/844/845 25.12.2015
110
www.kapital.mk
Lifestyle
Највлијателната жена во арапскиот свет
Шеика Мозах ги разбива стереотипите за моќта на жените на Блискиот исток
Шеика Мозах, втората жена на бившиот емир на Катар, Хамад бин Калифа ал Тани не само што не носи бурка, туку веќе има и неколку државни позиции. Неколку години по ред, угледниот магазин Форбс ја вбројува во листата 100 највлијателни жени во светот
Мозах: има 54 години и 12 пластични оп
www.kapital.mk
Капитал број 843/844/845 25.12.2015
111
ш Шеика Мозах бин Насер ал Миснед е една од најмоќните жени на планетата, многу силна политичка и социјална фигура. Таа е втората жена на шеикот Хамад бин Калифа ал Тани и е мајка на седум деца. Има завршено факултет во Катар, на насока психологија, а потоа го продолжува образованието на некои американски
Со претседателот на САД, Барак Обама и неговата сопруга Мишел Со принцот Чарлс Со поранешниот претседател на Франција, Николас Саркози
универзитети. Мозах има 54 години и според пишувањата во медиумите таа има 12 пластични операции, за кои потрошила околу 2 милиони долари. Во 1995 година нејзиниот сопруг прави пресврт и го симнува татко си од престолот. Тогаш Мозах стана позната во светот во организирање на хуманитарни и благотворни програми. Таа започна сè почесто да се појавува пред светот во беспрекорни тоалети на водечките светски модни куќи. Гледајќи ја Мозах, човек тешко би можел да ја претстави вистинската ситуација во Катар, каде жените носат бурка, забрадени се или носат никаб (црни марами кои го покриваат целото лице со тесен процеп за очите). Таа се разликува од останатите сопруги на владетелите од другите држави од Персискиот залив по тоа што зазема и
многу национални и меѓународни позиции. Мозах е на чело на Катарскиот фонд за образование, науки и општествен развој, претседател е на Високиот совет по семејните прашања и е заменик претседател на Високиот совет за образование, специјален претставник на УНЕСКО. Шеика Мозах се наоѓа и на листата 100-те највлијателни жени во светот што ја прави угледниот магазин „Форбс“. Таа е позната и по влијанието што го има над нејзиниот сопруг шеикот Хамад. Иако се ожени по трет пат, не од љубов и страст, туку за да и покаже на Мозах дека власта не и е неограничена, сепак, ниту една друга жена не успеа да ја измести од позицијата што таа ја ужива. Мозах е силна фигура, која доста строго го запазува дипломатскиот протокол и меѓународниот имиџ. Таа со години наназад успева да ги руши сите предрасуди за жената во арапскиот свет. nnn
перации од 2 милиони долари
www.kapital.mk
Капитал број 843/844/845 25.12.2015
112
технологија
Што ќе донесе 2016 во технологијата?
Виртуелното ќе станува сè пореално, вештачката интелигенција сè попаметна и поприсутна
Ш
ведската компанија за комуникациска технологија и услуги, Ericsson, традиционално, пет години по ред, на крајот од годината прави извештај за клучните трендови што ќе ја одбележат средната година. Ericsson Consumer Lab истражувањето што гледа кон 2016 година е спроведено во 24 земји, во десетте најголеми светски градови, за да предвиди десет трендови. „Извештајот овозможува согледување на различни студии што ги спроведовме во 2015 година, што покажуваат како корисниците
очекуваат дека ќе се развива технологијата во иднина, и што тие очекуваат дека ќе добијат како бенефит“, објаснуваат од Ericsson. А ова се десетте трендови што според нивното истражување ќе доминираат во технологијата во 2016 година: XX Влијание на вмрежувањето врз начинот на живот Четири од пет луѓе ги воочуваат придобивките што произлегуваат од растот на користењето онлајн сервиси од сè поголем број корисници. На глобално ниво, еден од тројца корисници веќе учествуваат во различни форми на „заедничка/споделена“
(shared) економија. XX Тинејџерите како „стриминг“ генерација Тинејџерите гледаат дневно повеќе видео содржини на Youtube од другите возрасни групи. Меѓу луѓето на возраст од 16 до 19 години, 46% поминуваат час или повеќе време дневно на YouTube. XX Вештачката интелигенција го менува начинот на интеракција Вештачката интелигенција ќе овозможи интеракција со објектите без употреба на екранот на смартфонот.
www.kapital.mk
Капитал број 843/844/845 25.12.2015
113 Повеќе витруелна технологија во секојдневните активности, како гледањето натпревар на омилената спортска екипа, интеракција со објекти што ќе препознаваат што сакаме да направиме без да им даваме команди преку екран на друг уред, заштеда преку вмрежен начин на живот, преку „споделена“ економија, се некои од главните трендови во технологијата за 2016 година XX Виртуелното станува реално Потрошувачите сакаат да користат технологија за виртуелна стварност во секојдневните активности, како што се гледањето спортски случувања или користењето видео повици. Дури 44% од нив сакаат со користење 3D печатач да испечатат сопствена форма на храна. И Gartner смета дека технологијата за 3D печатење уште во 2016 година ќе може подобро да се користи за биолошки материјали и за храна. XX Нов концепт на паметни куќи Од корисниците на смартфони, 55% веруваат дека материјалот што се користи за изградба на куќи, во наредните пет години би можел да содржи сензори за следење на појавите како протекување на цевките, проблеми со електро-инсталациите, или создавање на мувла. Како резултат на овие преференци, може д а се ј а в и потреба концептот на паметни домови да се осмисли на сосем нови основи. XX Паметни патници Патниците сакаат паметно да го искористат своето време, односно не сакаат да се чувствуваат како пасивни објекти во тек на превозот. Испитаниците со 86% се изјасниле дека би користеле персонализирани услуги на јавниот превоз ако некој им ги направи достапни. XX Социјалните мрежи во служба на итни ситуации Социјалните мрежи би можеле да станат примарен начин за контактирање на службите за итни случаи. Шест од десет корисници пројавиле интерес за апликации што би им понудиле информации за ургентни или вонредни состојби.
XX Сензори на телото Внатрешни сензори што ја следат здравствената состојба во човечкото тело би можеле да станат нови „waerables“, односно „геџети за носење на себе“. Осум од десет испитаници сакаат да користат технологија за подобрување на перцепцијата и на когнитивните способности, како што се видот, меморијата, слухот ... XX Хакерските напади ќе се засилуваат Повеќето корисници на паметни теле-фони веруваат дека хакирањето и информатичките вируси и натаму ќе претставуваат проблем. Како позитивна нус појава, еден од пет корисници истакнал дека има поголема доверба во организацијата/ компанијата што била цел на хакерски напад, но потоа го решила проблемот. XX Оналјн алармирање за негативните општествени појави Корисниците разменуваат повеќе информации од кога и да е, и веруваат дека тоа го зголемува нивното влијание врз општеството. Над третина
од испитаниците веруваат дека јавното откривање на корумпираноста на некоја компанија/организација, произведува поголем ефект од одењето и пријавувањето во полиција.
Најочекуваната техника во 2016 година
Една работа е сигурна - 2016 ќе биде година на виртуелната реалност. Првиот производ што се очекува да го нападне пазарот е Oculus Rift, системот за VR што го поседува Facebook, кој би требало да биде лансиран во првиот квартал од годината. Во април се очекува да се појави и HTC Vive, уште еден VR уред. Тука е и PlayStation VR, адутот на Sony во трката кај виртуалната реалност. За разлика од PC-базираните Oculus и Vive „шлемот“, PlayStationVR ќе работи со Sony's PlayStation 4. Се очекува да се појави во првата половина од 2016 година. Исто како и развојниот пакет на Microsoft HoloLens, кој е самостоен систем што проектира холограми во светот на оној што го носи. Кај смартфоните што ќе се појават во 2016 година најисчекувани се iPhone 7 и 7 Plus, на кои се шпекулира дека Apple ќе го замени механичкото „home“ копче со такво што ќе биде чувствително на допир, и ќе го отстрани 3,5 милиметарскиот влез за слушалки, заменувајќи го со Lightning конектор што ќе заштеди над милиметар од дебелината на телефонот, а и ќе овозможи користење понапредни слушалки. Се очекуваат и Samsung Galaxy S7 и S7 Edge, кои, барем според привите рендери што протекоа последните денови од декември, по изглед многу ќе потсетуваат на нивните претходници (S6 и S6 Edge). М е ѓ у н а ј оч е к у в а н а та технологија во светот за 2016 година е и новиот електричен автомобил на Tesla, Model 3, кој иако се очекува на патиштата најрано во 2017, Илон Маск рече дека може да се резервира од заинтересираните уште во март 2016. Со најавена стартна цена од околу 35.000 долари, ова ќе биде најдостапниот Te s l a а в то м о б и л досега. nnn
www.kapital.mk
Капитал број 843/844/845 25.12.2015
лидери 114 114 лидери
индра ноји извршен директор на PePsiCo
директорската функција мора да се прифати со срце, глава и раце
и
ндра кришнамурти ноји е родена во индија, но живее и работи во америка, е претседател и извршен директор на една од најпознатите компании за храна и пијалаци PepsiCo. таа постојано се наоѓа на листата 100 најмоќни жени во светот, а во 2014 година беше рангирана на 13 место на оваа листа на Forbes. во моментот компанијата брои 271 илјади вработени и има приходи од 66,7 милијарди долари. оние што ја познаваат ја опишуваат со изреката: „прави и добива“. ова се дел од нејзините размислувања и бизнис стратегии: Само поради тоа што сте станале извршен директор, не значи дека сега можете да се одморите. Вие мора постојано да растете, да ги продлабочувате знаењата, да го менувате начинот на размислување и начинот на кој гледате на организацијата. Јас никогаш не го заборавам тоа
Да се биде извршен директор е повик. И кон треба да се вклучите со вашата глава, срце и раце. Ако не размислувате за позицијата извршен директор на тој начин, тогаш воопшто не треба да се впуштете во тоа
Како лидер јас сум многу строга кон мене и го кревам стандардот за сите. Сепак, истовремено сум грижлива бидејќи сакам луѓето да успеат најмногу во она што го прават, и да аспирираат еден ден да станат како мене
На крајот од денот не заборавајте дека вие сте личност, вие сте мајка, вие сте сопруга, и дека вие сте ќерка
Лидерството е тешко да се дефинира, а доброто лидерство уште потешко. Но, ако успеете да ги натерате луѓето да ве следат до крајот на земјата, тогаш вие сте одличен лидер
Ако сакате вашата организација да напредува, вие како лидер исто така мора да напредувате и да ја носите организацијата со вас. Ова е голема лекција. Не може да очекувате организацијата да биде подобра ако вие не сте подобри
Јас сум многу искрена – брутално искрена. Секогаш гледам на работите од точка на останатите, но исто така и од моја гледна точка. И знам кога треба јас да попуштам
Мојот татко беше одличен човек. Од него научив дека секогаш треба да ја гледате добрата намера. Се што некој вели или прави, секогаш тргнувајте од неговата добра намера