АНАЛИЗА КОЈ Е ЕФЕКТОТ ОД СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИЦИИ ВРЗ ДОМАШНИТЕ КОМПАНИИ?
START UP ТЕХНОЛОШКИ ПАРКОВИ НИКНУВААТ ВО РЕГИОНОТ, МАКЕДОНИЈА ОСТАНУВА СУРОВИНСКА БАЗА ЗА СВЕТСКИТЕ КОМПАНИИ
Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...
КОМПАНИИ И ПАЗАРИ МАЛИТЕ БИЗНИСИ ОЧЕКУВААТ ПОГОЛЕМА ФЛЕКСИБИЛНОСТ ОД БАНКИТЕ И ДРЖАВАТА
WWW.KAPITAL.MK
БАНКАРИТЕ НЕ МОЖАТ ДА НАПЛАТАТ ПОЛОВИНА МИЛИЈАРДА ЕВРА! МАКЕДОНИЈА ВЛЕГУВА ВО ДОЛЖНИЧКО РОПСТВО?!
стр.
18
КОСТОВ:
стр.
10
PROFILE
COVER STORY
Потребен е валутен борд или фискален совет!
БРОЈ 846 | ЦЕНА 100 ДЕН. 15 ЈАНУАРИ, 2016 | ПЕТОК | ГОДИНА 17
БОГОВ: Нема потреба од валутен борд!
ВАЛУТЕН БОРД ИЛИ ФИСКАЛЕН СОВЕТ?! ДАЛИ И КАКО ЌЕ И ПОМОГНАТ НА МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА?
ТИХОМИР ОРЕШКОВИЌ
ПРЕМИЕРОТ ЗА КОЈ ХРВАТСКА НЕ ЗНАЕ НИШТО, А ОЧЕКУВА МНОГУ
Најдобри градови во светот за почнување бизнис!
3
Капитал број 846 15.01.2016
соДржина
18 04 profile БараК оБама:
саД се најсилната држава во светот. точка.
08 навиГатор меѓународните банки
со услов кредитите да се користат по изборите
10
cover story
16
Капитално
24 24 анализа очекувањата од 2016
година на малите и средни компании Поголема флексибилност од банките и државата за малите бизниси
28
валутен борд или фискален совет?! Дали и како ќе и помогнат на македонската економија? валутниот борд и совет се ноќна мора за политичките елити
и Бизнис 18 БанКи лошите кредити во
македонија двојно поголеми од европа и четири пати поголеми од саД Банкарите не можат да наплатат половина милијарда евра, лошите кредити кобни за помалите банки
Контрола на јавните финансии
34
start up
технолошки паркови никнуваат во софија, Белград, загреб... додека македонија станува суровинска база за странските компании
start up
и софија меѓу топ 10 најповолни стартап дестинации на планетава!
и пазари 36 Компании Кој е ефектот од
странските инвестиции врз домашните компании? Од вкупниот увоз во зоните од 1,3 милијарди евра, помалку од 50 милиони евра се македонски производи и услуги
28 44
profile
48
start up
50
теХнолоГија
52
лиДерство
54
лиДери
тихомир орешковиќ, премиерот за кој Хрватска не знае ништо, а очекува многу! Каде ги вложуваат своите пари Гејтс, Безос, Брин, закерберг... ces 2016 лас вегас Најголемото шоу за потрошувачка електроника во светот реКоа за... соочување со бизнис предизвиците мери Бара
извршен директор на General Motors
Без разлика што ќе одлучите да правите, правете го тоа со пасија и со целата енергија што ја поседувате!
лоши КреДити
реГионот не спие
Кога и ако би се вовеле валутен борд или фискален совет, тоа би значело одземање на правото на власта самостојно да го поставува и троши буџетот и да се задолжува. Економските експерти се согласуваат дека сега можеби не ни треба валутен борд, но ни треба поголема дисциплина и транспарентност во трошењето на државните пари и контрола на задолжувањата.
Неликвидноста од приватните фирми брзо се прелева во банките кои не можат да наплатат речиси половина милијарда евра одобрени кредити. Тоа значи дека 11,6% од сите кредити се спорни за наплата што е двојно повеќе од просекот на лоши кредити во Европа и дури четири пати повеќе од просекот во САД.
Софија и Белград штотуку добија нови научно - технолошки паркови, а Загреб се подготвува за изградба на својот. Соседните држави сериозно инвестираат во поддршка на то а ш то з н ач и со р а б от ка помеѓу бизнисот и науката – рецепт веќе успешно докажан кај најразвиените светски економии.
XX Стр. 10
XX Стр. 18
XX Стр. 28
Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје l Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31 l П. ФАХ 503, 1000 Скопје l Основач и директор: Љупчо Зиков l Одговорен уредник: Биљана Здравковска Стојчевска l Печати: Графички центар Скопје, ул. Скупи бб, 1000 Скопје l Тираж: 3.000 примероци l Датум на печатење: 14.01.2016
PROFILE Претседателот на САД Барак Обама во своето последно обраќање за состојбата на нацијата изјави дека Американците не смеат да дозволат стравот и поделбите во изборната година да го загрозат економскиот и безбедносниот напредок на земјата.
“
www.kapital.mk
Сите приказни за економскиот пад на Америка се политички измислици. Истото важи за ставовите дека непријателите ни стануваат посилни, а ние послаби. САД се најсилната држава во светот.
ОБАМА:
САД СЕ НАЈСИЛНАТА ДРЖАВА ВО СВЕТОТ. ТОЧКА.
Капитал број 846 15.01.2016
PROFILE
“
5
Една од работите за кои жалам, е што американската политика дојде во состојба на длабока поделба и како таква не успеа да одговори на очекувањата на граѓаните.
В
Во своето одржано годишно обраќање „За состојбата на Унијата“ на почетокот од неделава, претседателот на САД, Барак Обама, се обиде да ги успокои стравувањата на Американците за состојбата во економијата, за безбедноста, истовремено напаѓајќи некои од најострите тези во контекстот, што ги застапуваат републиканските кандидати за номинација за претседателските избори. Обама рече дека „една од малкуте работи за кои жали“, сумирајќи го досега постигнатото откако е претседател, е што американската политика дошла во состојба на длабока поделба и како таква не успевала да одговори на очекувањата на граѓаните. Одговарајќи му на Доналд Трамп, Обама рече дека САД ја почитува својата политика на толеранција: „Треба да ја отфрлиме секоја политика што ги напаѓа луѓето само поради расата или нивната религија. Тука не станува збор за политичка коректност, туку за тоа да сфатиме што нè прави силни“. Говорејќи, во контекстот, за безбедносните закани, Обама рече дека одговорот на Америка треба да е „нешто повеќе од силни зборови и повици за бомби против цивили“. „Не можеме да си дозволиме да одиме по тој пат што нема да ни ја подобри економијата или безбедноста, и што противречи на сè она за што светот ни завидува“, рече претседателот на САД. За надворешната политика Обама ја повтори неговата позната позиција дека САД не може да се изолира од случувањата во светот, но оти учеството во нив треба да биде преку градење широки сојузи и со фокус на проблемите во ерата после
НА КОИ ПРАШАЊА ТРЕБА ДА ОДГОВОРАТ САД, СПОРЕД ОБАМА на сите да им се даде еднаква 1. Како можност и сигурност во услови на променета економија. Како да се направи технологијата да работи 2. запредвид луѓето, а не против нив, особено имајќи ги климатските промени. да се чувствуваат Американците 3. Како безбедни и да го водат светот, а да не бидат негов полицаец. политиката да биде одраз на 4. Како најдоброто, а не најлошото во нас. студената војна, како трговијата, борбата со епидемии, со тероризмот, ограничувањето на климатските промени. „Мисијата на Америка е да го направи светот побезбеден, но без да се претвора во светски полицаец. САД не можат да се обидуваат да ја подигнат секоја држава што е во криза, зашто тоа не е однесување на лидер, туку рецепт за хаос, за пролевање американска крв, што во крајна линија ќе нè ослаби, за што имаме поуки од Виетнам и од Ирак што досега требаше да ги научиме“, рече Обама. Цели на надворешната политика што ги најави за 2016 се тргнување на трговското ембарго против Куба, барање од Конгресот да дозволи употреба на воена сила против Исламската држава, а на внатрешен план претседателот ќе се залага за раширување на опфатот на даночните олеснувања за личните доходи, за подостапни колеџи, за
зголемување на минималната плата, за ремонт на имигрантскиот систем. „Сите приказни за економскиот пад на Америка се политички измислици. Истото важи за ставовите дека непријателите ни стануваат посилни, а ние послаби. САД се најсилната држава во светот. Точка“, рече Обама. Една од најамбициозните потфати што ги најави американскиот претседател во годишното обраќање е намерата да биде победен ракот со јавни и приватни ресурси, и со капацитетот на САД за иновации. Овој проект Обама по големина го спореди со американската вселенска програма за летови до Месечината, и на потпретседателот Џо Бајден му наложи да „раководи со мисијата“. (на Бајден лани му почина синот кој беше болен од рак на мозокот).
6
Капитал број 846 15.01.2016 издава: Капитал Медиа Гроуп основан 1999 година основач: Љупчо Зиков бул. ВМРО бр.7, зграда 1, влез 1, кат 6, стан бр.31
тел. ++ 389 2 3280 910 www.kapital.mk www.facebook/KapitalMK
Претплатете се на КАПИТАЛ...
АНАЛИЗА
И
ЕВРОПСКАТА ЕНЕРГЕТСКА ЗАЕДНИЦА ПРЕДУПРЕДУВА: МАКЕДОНИЈА Е ЗЕМЈА СО ЗАРОБЕН ЕНЕРГЕТСКИ ПАЗАР!
Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...
ГОДИНИ
дејата и визијата за тоа што сакаат да направат, беше највредниот капитал кој го COVER STORY поседуваа луѓето што ја почнаа приказната КОЈ УПРАВУВА СО за Капитал пред повеќе од 15 години. Со МАКЕДОНСКАТА макотрпна и посветена работа на својот тим, ЕКОНОМИЈА? магазинот се наметна како еден од најрелевантните извори на квалитетни информации во Македонија и регионот, значајни за приватниот, јавниот и невладиниот сектор. Да се биде лидер на пазарот во својот сегмент е голема чест и задоволство, но и голема обврска кон сите што секоја недела нетрпеливо го чекаат Капитал да ги информира за економските проблематики и актуелности, но, и да ги едуцира со своите содржини за најновите трендови. СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ АВТОМОБИЛИ Капитал се чита во директорски канцеларии, Капитал АВТОМОБИЛСКИОТ ПАЗАР УШТЕ СЕ БУДИ ОД КОМА се чита во кабинети на политичари, Капитал се чита КОЈ ЌЕ ПРЕЖИВЕЕ, ЌЕ РАСКАЖУВА АНАЛИЗА: КОЛКУ “ТЕЖИ” СПЕЦИЈАЛНИОТ ТИМ НА ОБВИНИТЕЛИ? на универзитети, институти, “тинк-тенк” центри.... едноставно Капитал е секаде кај што се со годишна донесуваат одлуки и креираат п ретплата од политики и стратегии. БИЗНИС И ПОЛИТИКА КАКВА ВИЗИЈА ИМА СДСМ ЗА МАКЕДОНИЈА?
Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...
АВТОМОБИЛСКИОТ ПАЗАР УШТЕ СЕ БУДИ ОД КОМА
специјален прилог
АВТОМОБИЛИ
КОЈ ЌЕ ПРЕЖИВЕЕ, ЌЕ РАСКАЖУВА
АВТО САЕМ ФРАНКФУРТ 2015 КОИ НОВИ МОДЕЛИ МОЖЕ ДА ГИ ВИДИМЕ НАСКОРО И НА МАКЕДОНСКИТЕ ПАТИШТА?
WWW.KAPITAL.MK
БРОЈ 833 | ЦЕНА 100 ДЕН. | 16 ОКТОМВРИ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16
Во време кога квалитетната информација е најскапоцен ресурс, не дозволувајте да останете без најскапоценото. Станете и вие дел од семејството на редовни читатели на Капитал и искористете ги поволните пакети за претплата што ги подготвивме за вас.
4.100 20%
Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...
COVER STORY
ГОСПОДАРИ НА МАКЕДОНИЈА КОЈ Е ГАЗДА НА НАЈМОЌНИТЕ МАКЕДОНСКИ КОМПАНИИ? ВОДИЧ КАКО ДА ОТВОРИТЕ ФИРМА ВО РЕГИОНОТ?
денари, заштедете
УШТЕ 20 ИЛЈАДИ МАКЕДОНЦИ СИ ЗАМИНАА ЗА ЕДНА ГОДИНА.
ДОСЕГА ОТСЕЛЕНИ
600.000
БИЗНИСМЕНИТЕ ОД 6. БИЗНИС ФОРУМ НА БИЗНИС ПЛУС И КАПИТАЛ ПОРАЧАА:
ДАЈТЕ НИ ПАТИШТА И СЛОБОДНИ ГРАНИЦИ, ЗА БИЗНИС ЌЕ СЕ ДОГОВОРИМЕ! РАМКОВЕН ДОГОВОР: ЗА ОСУМ ГОДИНИ ПОТРОШЕНИ НАД 73 МИЛИОНИ ЕВРА!
COVER STORY СЕКОЈА ТРЕТА ДРЖАВНА КОМПАНИЈА Е ВО ЗАГУБА. КОЈ ЌЕ ПОНЕСЕ ОДГОВОРНОСТ?!
6 месечна претплата 2.200 денари 12 месечна претплата 4.100 денари со вклучени 20% попуст
24 месечна претплата 6.100 денари со вклучени 40% попуст
КАПИТАЛ АНАЛИЗА ЦЕНИТЕ НА СУРОВИНИТЕ ВО АМБИС. МАКЕДОНСКАТА ИНДУСТРИЈА ОЧЕКУВА ЦРНИ СЦЕНАРИЈА
ПОЛИТИКА ВИКТОРИЈА НУЛАНД ВО СКОПЈЕ НЕ ДОАЃА СО МАГИЧНО СТАПЧЕ... НО, МОЖНО Е ДА ДОЈДЕ СО БОКСЕРСКИ РАКАВИЦИ ?!
со вклучени 15% попуст
АНАЛИЗА ФИРМИТЕ НЕ МОЖАТ НИКАКО ДА СЕ НАПЛАТАТ ОД ДРЖАВАТА!
КАПИТАЛ АНАЛИЗА НАД 660 МИЛИОНИ ЕВРА ИСПЛАТЕНИ СУБВЕНЦИИ, А УВОЗОТ НА ХРАНА ЗГОЛЕМЕН ЗА 80%!
Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...
КОМПАНИИ И ПАЗАРИ РУСКОТО ЕМБАРГО ЌЕ ГИ ПРЕПЛАВИ МАКЕДОНИЈА И БАЛКАНОТ СО ЕВТИНИ ТУРСКИ ПРОИЗВОДИ?!
WWW.KAPITAL.MK
Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...
КОЈ И ДА БИДЕ НА ВЛАСТ, НЕКА МУ ЈА МИСЛИ ЗА ТРИ ГОДИНИ ДРЖАВАТА ТРЕБА ДА ВРАТИ ДОЛГ ОД
ГРЧКОТО “НЕ” ГО СТАВИ НА ТЕСТ ЛИДЕРСТВО НА МЕРКЕЛ И ИДНИНАТА НА ЕВРОЗОНАТА
СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ
COVER STORY
ТУРБУЛЕНЦИИ
НА ЕВРОПСКИОТ ТЕЛЕКОМ ПАЗАР И МАКЕДОНИЈА ЗАФАТЕНА ОД БРАНОТ ПОЛИТИКА
SKI & SPA
ШТО ПО ЛИДЕРСКАТА СРЕДБА ВО ПОНЕДЕЛНИК?!
ВОДИЧ ЗА ЗИМУВАЊЕ
СУПЕРМАРКЕТИТЕ ПЛАЌААТ КОГА САКААТ, КОЛКУ САКААТ И КАКО САКААТ
КАПИТАЛ SPECIAL
ТОП 100 ИЗВОЗНИ ПРОИЗВОДИ
АНАЛИЗА
2015/2016 КОЈ ГО ВЛЕЧЕ МАКЕДОНСКИОТ ИЗВОЗ? НАЈДОБРИТЕ СКИЈАЧКИ ЦЕНТРИ НА БАЛКАНОТ И ВО РЕГИОНОТ НАЈДОБРИ СПА И ВЕЛНЕС ЦЕНТРИ
НАЈДОБРИТЕ РЕСОРТИ ЗА ОДМОР СО ДЕЦА ЗИМСКИТЕ СПОРТОВИ: СКИИ, СНОУБОРДИ, САНКИ ГОЛЕМА ИНВЕСТИЦИЈА НА WELLNESS МАКСТИЛ ОД 22 МИЛИОНИ ЕВРА ИНСТРУКТОРИТЕ ЈОРДАНОВ: МЕТАЛУРШКИТЕ КОМПАНИИ ВО ЦЕЛИОТ СВЕТ ИМААТ ПОСЕБЕН ПРЕПОРАЧУВААТ: ТРЕТМАН ОД ДРЖАВАТА ВЕЖБИ И ХРАНА БИЛДЕРБЕРГ: КАКВАИИДНИНА ЗА РЕЛАКСИРАН ЗДРАВ КРОИ СВЕТСКАТА ВЛАДА? ПОМИН НА ЗИМСКИТЕ БРОЈ 817 | ЦЕНА 100 ДЕН. | 26 ЈУНИ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16
WWW.KAPITAL.MK
МЕСЕЦИ
СОВЕТИ КАКО ДА ОСТАНЕТЕ ФОКУСИРАНИ И ПРОДУКТИВНИ ОВАА ЗИМА
СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ
SKI & SPA ВОДИЧ ЗА ЗИМУВАЊЕ 2015/2016
1,1
МИЛИЈАРДИ ЕВРА
ЕУ МОРА ДА СЕ МЕНУВА ЗА ДА ПРЕЖИВЕЕ Б НА РЕГИОНАЛНА БИЗНИС НАГРАДА
PROFILE
МАТЕ РИМАЦ хрватски претприемач
СВЕТ: ИСЛАМСКАТА ДРЖАВА ЗА СВОЈАТА ГОДИШНИЦА УДРИ НА ТРИ КОНТИНЕНТИ ДВОБРОЈ 819/820 | ЦЕНА 100 ДЕН. | 10 ЈУЛИ/17 ЈУЛИ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16
WWW.KAPITAL.MK
БРОЈ 832 | ЦЕНА 100 ДЕН. | 9 ОКТОМВРИ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16
WWW.KAPITAL.MK
ТРЕНД: СЛУЖБЕНИ ЕЛЕКТРИЧНИ ВОЗИЛА НАМАЛУВАЊЕ НА ТРОШОЦИТЕ И ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ ВО ИСТО ВРЕМЕ
WWW.KAPITAL.MK
БРОЈ 842 | ЦЕНА 100 ДЕН. 18 ДЕКЕМВРИ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16
ЕВРОПСКИОТ ИЛОН МАСК
Истанбул станува “мека” за стартапи
*Во цената е вклучен ддв и платена поштарина
...заеднички ја креираме додадената вредност на нашите животни проекти...
www.kapital.mk
Капитал број 846 15.01.2016
8 НАВИГАТОР
ИЗЈАВА НА НеделАТА
> БРОЈКА
247.562 сметки биле блокирани во ноември, од кои 69.271 се на правни лица, а 178.231 се на граѓани
ЏОРЏ сОРОс
Светот е пред нова криза, поопасна од онаа во 2008 година. Враќањето на позитивните камати на централните банки е предизвик за развиениот свет, а целата атмосфера силно потсетува на онаа од пред неколку години
американски милијардер
победник на неделата
РечИсИ ТРИ мИлИОНИ еВРА пРИВРемеНИ ВРАБОТуВАњА
Р
ечиси три милиони евра потрошиле лани државните и јавните институции за вработување на привремени кадри. Според проценките на Капитал, а во отсуство на официјални бројки кои државата никако не ги дава, гледно по потрошените средства, станува збор за ангажирање на околу 400 привремени работници. Меѓу нив, најмногу вработувале јавните претпријатија, а по нив следат општините и министерствата. Најмногу пари за ангажирање привремени кадри
Меѓународните банки с кредитите да се користа
ФРАњО БОБИНАц
+
Горење, словенечката групација за производство на потрошувачка електроника, направи уште еден чекор во освојувањето на светските пазари – деновиве отвори сопствена продавница во метрополата на Иран, Техеран. Фрањо Бобинац, кој што е на чело на компанијата од 2003 година, вели дека наскоро ќе отворат уште две продавници во Иран, а планираат и инвестиција во производен погон. Досега, производите на Горење во оваа земја можеле да се најдат само во продавници заедно со понудата на конкурентски компании од светот. Горење, една од најголемите словенечки компании, а меѓу првите десет европски производители на бела техника, продолжува да докажува дека само преку меѓународна експанзија на бизнисот компаниите од малите и отворени економии на Балканот можат да бидат успешни на долг рок. Горење не само што е еден од најголемите извозници во регионов, со речиси 1,3 милијарди евра продажба во 2014 година, туку низ годините направи и неколку преземања на компании од својата индустрија во Европа и пошироко. Групацијата стана препознатлива и по соработката со врвните светски дизајнерски имиња, од калибарот на Филип Старк и Карим Рашид, кои потпишаа повеќе ексклузивни серии на производите на Горење.
M
Меѓународните банки условуваат новите кредити за Македонија да се користат по завршувањето на парламентарните избори. Светската банка неделава одобри заем од 25 милиони евра за подобрување на општинските услуги, но банката потенцира дека парите нема да бидат на располагање се додека не завршат најавените парламентарни избори. „Со оглед на изборниот циклус во Македонија, проектот ќе стапи на сила и исплатата ќе започне откако претстојните парламентарни избори
ќе бидат завршени“, стои во официјалното соопштение на Светска банка. Бордот на директори на Светска банка, еднаш веќе го одложи одобрувањето на овој заем за Македонија и тоа тогаш се толкуваше како обид да се избегне можноста парите да бидат одобрени во екот на изборната кампања. Проектот има за цел да ги подобри транспарентноста, финансиската одржливост и инклузивноста во обезбедувањето на општинските услуги во целата земја. Вкупно 57 општини ќе добијат подзаеми за инфраструктурни инвестиции, како што се снабдување со вода, канализација, управување со цврст отпад, локални патишта, подобрувања во енергетската ефикасност на општинските згради и друга општинска инфраструктура со висок приоритет која влијае врз добросостојбата на жителите и ефикасноста на услугите. Исто така, со проектот ќе се воведе грант компонента за подобрување на испорака на услугите и инфраструктурата за сиромашните и маргинализирани заедници низ општините во Македонија.
www.kapital.mk
Капитал број 846 15.01.2016
9
А потроШени лАни нА А
потрошило Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје, кое лани одовило нешто повеќе од 800 илјади евра за привремени вработувања. Исто толку се проценува и тендерот на ЈСП Скопје, но иако договорот е склучен, според податоците на Бирото за јавни набавки, ова претпријатие платило 0.00 денари (?!) Споредено со 2014, лани се потрошиле за околу 100 илјади евра повеќе пари на привремени вработувања. Податоците за 2014 година покажуваат дека тогаш се потрошени 2,72 милиони евра, а минатата (2015) биле одвоени 2,86 милиони евра.
Со уСлоВ ат По изБоРитЕ Светската банка неделава одобри заем од 25 милиони евра за подобрување на општинските услуги, но банката потенцира дека парите нема да бидат на располагање се додека не завршат најавените парламентарни избори. Претходно, германската КФВ банка одобри кредит од 39 милиони евра за РЕК Битола, а заменик амбасадорот потенцираше дека парите ќе се префрлат само откако ќе бидат завршени работите, со силен меѓународен надзор Претходно германската КФВ банка, одобри заем од 39 милиони евра за топлификација на Битола, но парите нема да ги дава на владата, туку на изведувачот на работите, и само откако ќе бидат завршени работите, со силен меѓународен надзор. На потпишувањето на овој договор во Владата, освен претставниците на КФВ банката, присуствуваа и од германската амбасада. Оттаму на прашањето дали парите ќе може да се користат за предизборни цели посочија дека освен што парите не се префрлаат на владата, ќе има и меѓународен надзор за сите активности на проектот и исплатите. „Парите воопшто нема да бидат исплатувани однапред. Парите ќе одат само кај изведувачот кој ќе изгради цевковод од 12,5 километри од РЕК Битола до градот Битола. Парите нема да се исплаќаат однапред. Како ќе се изведуваат работите потоа ќе се рефундираат парите на рати за активностите што биле изведени. Договорот е меѓу КФВ банката и ќе има меѓународен консултант кој ќе врши надзор на сите активности во однос на исплатите, и сите пари ќе одат за имплементација на овој проект“, изјави заменик амбасадорот на Германија во Македонија, Ханс Хелге Сендер. nnn
мисла на неделата
> БроЈкА
60
дена е новиот законски рок за владата и државните и локалните институции да го намират долгот кон приватниот сектор
лидери
Секогаш е подобро да купиш извонредна компанија по солидна цена, отколку солидна компанија по извонредна цена.
Ворен Бафет американски бизнисмен
губитник на неделата
Јонг-киун Шин Јонг-
Samsung „ожнеа“ 38 награди за иновации и 60 „Best of“ награди на саемот CES 2016
лионел Меси
По петти пат триумфираше за најпрестижното индивидуално одликување во светскиот фудбал, „Златната топка"
не им беше неделата
МАрисА МАер
Аналитичарите предвидуваат дека поранешниот „владетел на интернетот“ – Yahoo, доколку продолжи со загубите, може да се соочи со гаснење на брендот
Џеф Безос
Поради падот на акциите во првата недела од 2016 година, Безос бележи најголема загуба меѓу богаташите, од вкупно 5,9 милијарди долари
_
АнгелА Меркел И претходно се најавуваше дека десеттата, јубилејна годишница од владеењето на германската канцеларка може да биде тажна за неа, пред сè поради влијанието на мигрантската криза врз падот на нејзината популарност, со сè што тоа може да значи за иднината на нејзината кариера. Но, масовните сексуални напади на жени во Германија, особено во Келн, што се случија во новогодишната ноќ, дополнително ја искомплицираа мигрантската криза во Европската унија, врз која Меркел, макар еуфемистички, мораше да признае дека „сеуште немаме контрола каква што би сакале“. Аналитичарите се на став дека нападите во Келн ја засилуваат позицијата на политичарите кои се противат на распределбата на бегалците во рамките на земјите од ЕУ, што може да ја доведе Меркел во ќорсокак. Таа како лидер на Унијата, и досега не успеваше да издејствува единствена европска политика за бегалската криза, но, по келнските напади шансите за усогласување се уште помали. Канцеларката, се чини, нема да може да смета на регулирање на процесот на распределба на мигрантите во ЕУ (проект што и досега очајно тешко функционира, со многу мал број распределени мигранти). Негативниот пример, спротивен на нејзините заложби, што го дава со сопствената земја, е дека власта (и полицијата) нема контрола врз масата мигранти.
Капитал број 840 846 04.12.2015 15.01.2016
STORY COVER STORY 10COVER
www.kapital.mk
ВАЛУТЕН БОРД ИЛИ ФИСКАЛЕН СОВЕТ?!
ДАЛИ И КАКО ЌЕ И ПОМОГНАТ НА МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА?
Идеите на Хари Костов, првиот човек на Комерцијална банка и поранешен премиер на Македонија по предлог од СДСМ, за тоа што е потребно да се направи за Македонија да излезе од кризата во која се наоѓа, ја возбудија јавноста. И со право. Она што Костов го предлага е сосема нов и радикален модел на управување и трошење на државните пари, од она што го практикуваа сите досегашни власти во изминатите 25 години на македонска независност. Бидејќи, кога и ако тие би се вовеле во Македонија, би значело одземање на правото на власта самостојно да го поставува и троши буџетот, самостојно да одлучува дали и за што ќе се задолжува. Економските експерти се согласуваат дека на Македонија сега можеби не и треба валутен борд, но очајно и треба поголема дисциплина и транспарентност во трошењето на државните пари и зауздување на задолжувањето на земјата за непродуктивни трошења
www.kapital.mk
Капитал број 846 15.01.2016
11
КОСТОВ: Потребен е валутен борд или фискален совет!
БОГОВ: Нема потреба од валутен борд!
www.kapital.mk
Капитал број 846 15.01.2016
12
cover story Димитар Богов
Хари Костов
С
ора да се создадат инструменти, нови институции што ќе го одземат „суверенитетот“ врз јавните финансии од власта и ќе функционираат со консензус за задолжувањето и извршувањето на буџетот, нешто како домашен валутен борд или фискален совет.
гувернер на Народната банка на Македонија
претседател на Управниот одбор на Комерцијална банка
егашната политика на стабилен курс на денарот во однос на еврото добро и служи на македонската економија и нема потреба да се менува за валутен борд.
И пишува:
Биљана Здравковска Стојчевска biljana.zdravkovska@kapital.mk
Идеите на Хари Костов, првиот човек на Комерцијална банка и поранешен премиер на Македонија по предлог од СДСМ, за тоа што е потребно да се направи за Македонија да излезе од кризата во која се наоѓа, ја возбудија јавноста. И со право. Она што Костов го предлага е сосема нов и радикален модел на управување и трошење на државните пари, од она што го практикуваа сите досегашни власти во изминатите 25 години на македонска независност. Она што Костов го предложи е формирање на широка коалиција која би ја водела Македонија после изборите и која би била под силен мониторинг на ЕУ и со силни контролни механизми, како и формирање на некој вид валутен борд или фискален совет. “Мора да се создадат инструменти, нови институции што ќе го одземат „суверенитетот“ врз јавните финансии од власта и ќе функционираат со консензус (за задолжувањето и извршувањето на буџетот), нешто како домашен валутен борд или фискален совет, во кој ќе седат и експерти од меѓународни финансиски институции, со право на одлучувачки глас. Да се формира влада на широка коалиција, без учество на компромитирани личности, чија политика ќе биде под постојан мониторинг на ЕУ во процесот на создавање европско законодавство и практики, со силни контролни механизми”, изјави Костов за весникот Нова Македонија.
М
Предлозите на Костов, како што и тој самиот предвиде, предизвикаа многу реакции од политички партии, економски експерти, аналитичари.. Некои го нападнаа дека на Македонија сега не и треба валутен борд и дека тоа е сосема непотребно и штетно во оваа фаза на развојот на земјата. Некои ги дообјаснуваа неговите изјави дека тој всушност не мислел на вистински валутен борд, туку лошо го употребил терминот, а мислел на фискален совет кој и бил многу попотребен на Македонија. Капитал побара од Хари Костов тој лично да ги дообјасни неговите предлози и идеи за излез од кризата. Одговорот кој го добивме е дека тој стои зад веќе изнесените ставови во јавноста и дека нема потреба од дополнителни изјави. Оттука, политичките елити и центри на моќ со право се прилично вознемирени од овие радикални идеи и предлози на Костов. Бидејќи, кога и ако тие би се вовеле во Македонија, би значело одземање на правото на власта самостојно да го поставува и троши буџетот, самостојно да одлучува дали и за што ќе се задолжува. За вакви одлуки власта би требало да добие консензуална согласност дома, а на крај тоа да добие аминување и од меѓународни експерти кои би членувале во овие тела. За овие прилично радикални идеи во управувањето со јавните финансии, побаравме став и мислење од гувернерот на Народната банка на Македонија Димитар Богов. Тој вели дека изјавата на Хари Костов, која прилично се коментира деновиве, е недоволно јасна и заради тоа не сака да ја коментира. “Единствено би кажал дека сегашната политика на стабилен курс на денарот во однос на еврото добро и служи на македонската економија и нема потреба да се менува за валутен борд”, вели Богов. Капитал побара мислење и ставови за овие идеи и од неколку експерти и аналитичари. Повеќето од нив се на став дека во Македонија во моментов нема никакви економски причини за воведување на валутен борд. Тие објаснуваат дека валутниот борд е поригорозна политика на фиксниот курс. Македонија уште пред 20 години го фиксираше денарот за марката, после за еврото, и оваа политика ја врши повеќе од добро целта, бидејќи земјата успешно ја одржува стабилноста на цените и
стабилноста на домашната валута, што се двете најголеми придобивки од воведувањето на валутниот борд. “Вообичаено, валутниот борд се воведува во услови на висока инфлација, кога растот на паричната маса е надвор од контрола. Впрочем, во исти услови во кои се воведува и фиксниот девизен режим, како што тоа го стори Македонија во 1995 после 2-3 години висока инфлација. Оттука, во моментов нема никаква целисходност од премин од фиксен девизен курс на валутен борд, односно дискусијата за валутен борд е целосно депласирана”, вели Марјан Петрески, професор на Американ Колеџ. Проблемите кои Македонија ги има, почнувајќи од забрзано задолжување на земјата и големите непродуктивни и нетранспарентни државни трошења, би можеле барем делумно да бидат решени со воведувањето на фискалниот совет. “Фискалниот совет е тело кое има одредени ингеренции во делот на управувањето со јавните пари, меѓутоа неговата функција е главно советодавна. Мојот став е дека воведувањето фискален совет во Македонија би било оправдано, во еден поширок пакет институционални реформи”, објаснува Петрески, кој смета дека фискалниот совет може да помогне во ваква ситуација само ако дел од фискалниот суверенитет на Министерството за финансии се префрли на советот, попрецизно кажано, во делот на висината и намената на задолжувањата. “Нашиот јавен долг се дуплираше во последниве 7-8 години, при што ние како граѓани често не ја знаевме употребата на позајмените средства. Напротив, во јавноста се стекнува впечаток дека сите зголемувања на тековните трошоци пензии, административни плати, социјална помош, се прават благодарение на позајмувањата. Tоа мора да запре”, дециден е Петрески, кој дава пример дека таквото однесување ја доведе Грција до дереџето на кое што е сега. Експертите сметаат дека ако фискалниот совет има мандат да бара оправданост на секое задолжување во странство, со цел покривање на буџетскиот дефицит, тогаш управувањето со јавните финансии би било далеку попрудентно и потранспарентно, што е во интерес и на граѓаните и на фирмите.
Костов: Мора да се создадат инструменти, нови институции што
www.kapital.mk
Капитал број 846 15.01.2016
13 Марјан Петрески
Патрик Житон
оведувањето фискален совет во Македонија би било оправдано, со еден поширок пакет институционални реформи. Фискалниот совет може да помогне само ако дел од фискалниот суверенитет на Министерството за финансии се префрли на советот, попрецизно кажано, во делот на висината и намената на задолжувањата.
уџетските таргети беа промашувани во текот на изминатите години. Ова ја илустрира потребата за веродостојно фискално прогнозирање и силна дисциплина во извршувањето на буџетот.
професор на Американ колеџ
претставник на ММФ во Македонија
В
Предности и мани на валутниот борд
Валутниот борд е институција или монетарен механизам, при кој основната валута на земјата е врзана или фиксирана за курсот на некоја резервна валута, на пример за еврото, или може за доларот или некоја друга од стабилните меѓународни валути во светот. Најголеми предности кои по дефиниција ги носи валутниот борд се стабилноста на цените и доверба во домашната валута. Валутните бордови гарантираат и транспарентна монетарна политика и заштита од политички притисоци. Со валутниот борд, централната банка ќе ја изгуби својата независност во водењето на монетарна политика, односно Македонија ќе мора да преземе монетарната политика на земјата со резервна валута, во случајот монетарната политика што ја води Европската централна банка. Македонија и сега нема некоја посебна независност во водењето на монетарната политика, бидејќи денарот е веќе фиксиран за еврото. При валутен борд количините на пари во оптек, мора да се покриени со еднаква количина на евра, за да може да се обезбеди целосна конверзија на денарите во евра. Се смета дека валутните бордови имаат повеќе предности за мали и отворени економии, кои имаат потешкотии да водат сопствена независна монетарна политика и кои се соочуваат со макроекономски нестабилноста, со висока инфлација. Главната предност на валутните бордови е што гарантира конвертибилност на домашната валута и ценовна и монетарна стабилност. Македонија веќе ги има постигнато овие предности и успева успешно да ги држи под контрола цените и курсот со фиксирањето на курсот на денарот за еврото. Единствената разлика со моменталната политика на фиксен девизен курс е што при валутен борд паричната маса е еднаква, во денарска противвредност, на вредноста на девизните резерви. Значи, централната банка може да пушта нови пари во оптек само ако девизните резерви се полнат. Останува нејасно дали можеби Хари Костов како прв човек на најголемата банка, има појасен увид во финансиските текови во земјата, па можеби очекува дека оваа макроекономска и монетарна стабилност може да бидат нарушени, па предвреме предлага воведување на валутен борд и уште построго фиксирање на денарот и управување со девизните резерви и паричната маса во оптек. Валутниот борд исто така гарантира фискална дисциплина и одржување на балансиран буџет, односно буџет со ниски дефицити. Македонија изминатата година имаше буџетски дефицит од околу 3%, а експертите од ММФ советуваат дека тој мора да се намалува. Она што е извесно е дека Македонија во следниот период ќе треба постојано да се задолжува на меѓународните пазари за да ги враќа долговите кои доспеваат. Воведувањето на валутниот борд би бил еден од начините кои би ги намалил трошоците за задолжување на земјата, бидејќи ќе гарантира дека земјата води дисциплинирана фискална политика. Но, воведувањето на валутниот борд би значело уште построго фиксирање на денарот за еврото, односно целосно одземање на суверенитетот на Народната банка да ја употребува монетарната политика преку поставување на основните каматни стапки
Б
Кои земји имаат валутен борд?
Х
онг Конг има воведено валутен борд. Hong Kong Monetary Authority е воспоставена во 1993 година со основна цел да ја контролира инфлацијата и да ја одржува стабилноста на домашната валута доларот кој е фиксиран за американскиот долар, како и стабилноста на банкарскиот систем. стонија беше првата земја од поранешниот советски блок која по независноста воведе сопствен валутен борд. Естонскиот валутен борд беше воведен во 1992 година, кога со помош на ММФ беше за кратко време воспоставена потребната монетарна стабилноста и беше зауздан растот на цените и хиперинфлацијата. Домашната валута беше фиксирана за марката, а од 1999 година за еврото. Во 2011 година Естонија го воведе еврото, но како и претходните години продолжи да води строги политики на балансира буџет без големи дефицити. Многу аналитичари сметаат дека валутниот борд во Естонија бил клучен за економскиот успеј на земјата и успешната транзиција кон пазарна економија, но не и единствен услов за високите стапки на економски раст кој ги постигна земјата. итванија воведе валутен борд во април 1994 година со цел да се стави крај на растечката хиперинфлација со која се соочуваше и да се нормализира девизниот курс на домашната валута. Валутниот борд во Литванија не е толку строг и на домашните банки им е дозволено да повлекуваат пари од задолжителната резерва која ја држат во Централната банка за да ја одржат ликвидноста, а властите можат да се задолжуваат користејќи ги како колатерал девизните резерви. угарија го воведе валутниот борд во 1997 година. Во периодот 1996-1997 година во Бугарија имаше висока хиперинфлација, левот се обезвредни и курсот достигна 487 лева за 1 долар, 14 банки банкротираа, земјата доживеа економски пад од над 20%, а државата беше практично пред банкрот. Со воведувањето на валутниот борд во 1997 година левот беше фиксиран со закон за еврото, а на Централната банка на Бугарија и беше одземено правото да печати повеќе левови отколку што има евра во оптек и да дава кредити на власта. ргентина е пример на земја која воведе валутен борд кој беше врзан за американскиот долар. Заради големата рецесија со која се соочи, Аргентина одлучи да го напушти бордот во 2002 година со цел да се заштити од девизните шпекуланти. По напуштањето на бордот Аргентина ја девалвираше домашната валута пезосот, по што економијата падна длабоко во рецесија, но само по една година економијата почна да заздравува и да остварува повисоки стапки на раст.
Е
Л
Б
А
о ќе го одземат „суверенитетот“ врз јавните финансии од власта
www.kapital.mk
Капитал број 846 15.01.2016
14
cover story
за ублажување на бизнис циклусите во економијата. Што значи дека сите шокови би морале да се пеглаат преку цените на активата и на работната сила. Многу експерти кои ги консултиравме дека на Македонија во ова време не и треба уште построга девизна политика и политика за уште поголема стабилност, туку политики кои ќе овозможат повисоки стапки на економски раст.
Фискален совет за да се заузда презадолжувањето
Фискалните совети се независни тела кои се основаат со цел да се надгледуваат фискалната и монетарната политика кои ги спроведуваат властите. Како што проблемите со задолжувањето и високите дефицити по кризата од 2008 година се зголемија, фискалните совети станаа многу популарни и многу земји ги имаат воведено во изминативе неколку години по препорака на меѓународните финансиски институции и Европската комисија. Во последните пет години Шведска, Канада, Унгарија, Словенија и Велика Британија воведоа независни фискални совети. Вакви совети од поодамна функционираат и во САД и Холандија, кои се многу големи и моќни институции во кои се вработени над 100 луѓе. Некои фискални совети се прилично мали со неколку членови и независни експерти од областа на монетарната и фискалната политика. Некои од фискалните совети се фокусирани само на фискалната политика, додека други даваат анализи и проекции и за вработеноста, економскиот раст и другите структурни политики кои ги води власта. Додека повеќето фискални совети се фокусирани само на макроекономски прашања, фискалниот совет во САД прави анализи и за одделни проекти кои се финансираат со буџетски пари. Повеќето фискални совети прават анализи на фискалната политика, проценки на политиките кои ги води власта и на фискалната одржливост на тие политики. Но, експертите сметаат дека овие фискални совети можат да дадат придонес за подобрување на фискалната дисциплина само ако се навистина независни. Најголемата дилема е дали и колку тие можат да бидат ефикасни и да го спречат билдањето на големи буџетски дефицит и презадолжување на државата, ако имаат само советодавна, а никаква извршна
улога да влијаат врз политиките кои ги води власта. Фискалниот совет би можел да придонесе за пореалистични проценки за буџетот и државните трошења, што е голем проблем со кој се соочува Македонија, или барем да ги потсетуваат властите и јавноста кога се забегува со буџетските трошења, односно да следат дали се почитуваат поставените фискални и монетарни таргети и да алармираат кога тие не се почитуваат. Во некои земји фискалните совети објавуваат сопствени проценки и прогнози, додека во Велика Британија и Холандија тие ги подготвуваат официјалните прогнози врз основа на кои владите носат одлуки. Во Холандија улогата на фискалниот совет, на пример, оди дотаму што фискалниот совет обезбедува проценки кои служат како основа за преговори помеѓу коалиционите партнери. Но, фискалните совети не секогаш се добредојдени од страна на властите, кои се плашат од критики. Некои совети се многу ранливи на политички притисоци и влијанија. На пример, во Унгарија, на фискалниот совет по само две години постоење му беа одземени сите права и се претвори во неефикасно тело. Тоа се случи откако советот ја критикуваше власта дека прави преоптимистички прогнози и за недостаток на транспарентност. Во Канада, буџетот на фискалниот совет беше драстично намален откако почна да објавува критични извештаи. Затоа експертите препорачуваат дека меѓународниот мониторинг врз работењето на фискалните совети може да одигра значајна улога во спречувањето на политичките притисоци и обезбедувањето на финансиска и друга независност на овие тела. Оттука, експертите се согласни дека тие можат да дадат голем придонес за водење на подобра фискална политика, но само ако се најдат форми и начини со кои ќе се гарантира нивната независност. Инаку, фискални совети имаат воведени и Романија, Србија, Малта, Унгарија, Кипар, Португалија, Словачка, Словенија... Фискалниот совет во Романија е формиран во 2010 година со цел да се зајакне фискалната дисциплина и да се подобри културата на фискална и буџетска одговорност во земјата. Фискалниот совет во Романија има 5 членови, професори, академици и
експерти за финансии. Србија со цел да го спречи неконтролираното трупање на буџетски де фицити и презадолжувањето на државата во 2010 година воведе фискален совет и фискални правила. Фискалниот совет е независно тело кое е одговорно пред Собранието и кое има за цел да оценува дали политиките на власта се во согласност со поставените фискални правила, прави анализи во фазата пред донесување на буџетот, како и за извршувањето на буџетот. Фискалниот совет има три членови, угледни професори, а за вршење на стручни работи се формираат стручни служби. Но, во последно време гледаме дека нивните извештаи се се почесто критикувани во јавноста директно од премиерот Александар Вучиќ дека не се доволно точни и релевантни. Претставниците на ММФ веќе подолго време предупредуваат дека Македонија забрзано се задолжува и дека се потребни подобрување во управувањето со јавните финансии, но како што Патрик Житон, претставникот на ММФ во Македонија изјави тие имаат: “чувство дека во текот на изминативе неколку години постои ограничено внимание кон советите на ММФ во областа на фискалната политика и јавните финансии”. “Подобрување на управувањето со јавните финансии и понатаму останува високо на агендата. Ова подразбира фискално известување од висок квалитет, сеопфатно и веродостојно фискално прогнозирање и буџетирање, како и силна рамка за анализа и управување со фискален ризик”, изјави Житон. Како и да се, податоците за забрзаното задолжување, за преголемото државно трошење, за нетранспарентноста во подготовката на буџетот и трошењето на буџетските пари укажуваат дека на Македонија е повеќе од потребна фискална дисциплина и поголем увид на јавноста во тоа како се трошат народните пари. Она што ќе претстои се начините на кој тоа треба да се направи, што ќе биде процес на кој ќе се опираат многу центри на политичка моќ и сите политички елити во земјата. Но, тоа е неопходно за македонската економија да се одлепи од дното во кое тоне и за да се обезбедат подобри услови за раст и инвестиции од приватниот бизнис, кој досега беа во сенка на големата и доминантна улога на државата. nnn
Фискални совети: Корисни се само ако се навистина независни
пишува: Биљана Здравковска стојчевска
Валутниот борд и совет се ноќна мора за политичките елити Предлозите на Костов предизвикаа многу реакции од политички партии, економски експерти, аналитичари.. Некои го нападнаа дека на Македонија сега не и треба валутен борд и дека тоа е сосема непотребно во оваа фаза на развојот. Некои побрзаа да го дообјаснат, па толкуваа дека тој всушност не мислел на вистински валутен борд, туку лошо го употребил терминот, а мислел на фискален совет кој и бил попотребен на Македонија. Кога Капитал побара тој лично да ги дообјасни неговите предлози и идеи за излез од кризата, одговорот кој го добивме е дека тој стои зад веќе изнесените ставови во јавноста и дека нема потреба од дополнителни изјави и објаснувања. Оттука, политичките елити и центри на моќ со право се прилично вознемирени од овие радикални идеи и предлози. biljana.zdravkovska@kapital.mk facebook.com/biljana.zdravkovska
I
Изјавата на Хари Костов, првиот човек на Комерцијална банка и поранешен премиер предложен од СДСМ, за тоа што е потребно да се направи за Македонија да излезе од кризата во која се наоѓа, ја возбудија јавноста. И со право. Она што Костов го предлага е сосема нов и радикален модел на управување и трошење на државните пари, од она што го практикуваа сите власти во изминатите 25 години на македонска независност. Она што Костов го предлага е формирање на широка коалиција која би ја водела Македонија после изборите и која би била под силен мониторинг на ЕУ и со силни контролни механизми, како и формирање на некој вид валутен борд или фискален совет. Тој предлага дека мора да се создадат инструменти и нови институции што ќе го одземат суверенитетот врз јавните финансии од власта и ќе функционираат со консензус, за задолжување и извршување на буџетот. Во нив, според Костов, би седеле и експерти од меѓународни финансиски институции, со право на одлучувачки глас. Предлозите на Костов предизвикаа многу реакции од политички партии, економски експерти, аналитичари.. Некои го нападнаа дека на Македонија сега не и треба валутен борд и дека тоа е сосема непотребно во оваа фаза на развојот. Некои побрзаа да го дообјаснат, па толкуваа дека тој всушност не мислел на вистински валутен борд, туку лошо го употребил терминот, а мислел на фискален совет кој и бил попотребен на Македонија. Кога Капитал побара тој лично да ги дообјасни неговите предлози и идеи за излез од кризата, одговорот кој го добивме е дека тој стои зад веќе изнесените ставови во јавноста и дека нема потреба од дополнителни изјави. Оттука, политичките елити и центри на моќ со право се прилично вознемирени од овие радикални идеи и предлози. Она што предизвика многу интерес е што тие доаѓаат од човек кој е на чело на најголемата банка во земјава, и од човек која во минатото беше премиер на Македонија, односно од човек кој е прилично запознаен и во тек со сите состојби на економски и политички план. Или попластично кажано, кога вакви предлози доаѓаат од човек на оваа позиција, кои одблиску има увид во финансиските текови на земјата, тоа лесно би можело да се толкува дека Македонија ќе се соочува со големи финансиски проблеми кои би можеле да ја нарушат стабилноста. Или со други зборови, можеби тој да има информации дека во Македонија би можеле да се остварат предусловите кои обично се потребни за воведување на валутен борд.
КапиталНО За да биде појасно. Валутниот борд се воведува во земји кои имаат проблем да ја одржат макроекономската и монетарна стабилноста, кој се соочуваат со висока инфлација и со недоверба во домашната валута. Валутниот борд подразбира дека домашната валута е фиксирана за некоја странска стабилна валута, како што Македонија веќе со години го има фиксирано денарот за еврото. Но, валутниот борд е уште построг режим. Тој подразбира целосно одземање на суверенитетот на централната банка да печати пари, ако не се претходно покриени со евра, како и да влијае преку монетарната политика врз бизнис циклусите во економијата. Валутниот борд без сомнение ќе наметне дисциплина во фискалната политика, односно властите ќе мора да водат строги политики на избалансирани буџети, односно на буџети со ниски дефицити до 1%. Она околу што се согласуваат многу економски експерти е дека на Македонија и е повеќе од потребна поголема дисциплина во фискалната политика, односно зауздување на преголемото трошење на државата и пребрзото задолжување на државата. Или воведување на фискален совет. Македонија во изминативе пет години двојно го зголеми надворешниот долг и тој годинава ќе надмине 50% од БДП. Следните години Македонија ќе треба позасилено да се задолжува на меѓународните пазари за да обезбеди пари за враќање на доспеаните долговите. Политичката криза во која Македонија е заглавена во изминатава година и која на виделина го извади фактот дека многу институции кои се клучни за нормална држава, всушност не функционираат, ги зголемуваат ризиците и трошоците за задолжување на земјата во странство. Очигледно веќе се запалени црвените аларми дека Македонија ја достигнала горната граница за задолжување и дека некој веќе се сомнева во капацитетите на земјата за редовно враќање на долговите кон странство. Воведувањето на фискален совет можеби и би можел да ја зголеми транспарентноста во водењето на монетарната политика и спроведувањето на буџетот. Но, тешко дека ќе го реши главниот проблем со кој се соочува Македонија. Тоа е клиентелистичко и партиско однесување на државните институции. Странците веќе подолго време јавно ни кажуваат дека државата не ни функционира. Дека државните институции се заробени од партијата на власт, дека државните пари се трошат за клиентелистичко и бесрамно купување на гласачите пред избори,
Она што предизвика многу интерес е што тие доаѓаат од човек кој е на чело на најголемата банка во земјава, и од човек која во минатото беше премиер на Македонија, односно од човек кој е прилично запознаен и во тек со сите состојби на економски и политички план. Или попластично кажано, кога вакви предлози доаѓаат од човек на оваа позиција, кои одблиску има увид во финансиските текови на земјата, тоа лесно би можело да се толкува дека Македонија ќе се соочува со големи финансиски проблеми кои би можеле да ја нарушат стабилноста. Или со други зборови, можеби тој да има информации дека во Македонија би можеле да се остварат предусловите кои обично се потребни за воведување на валутен борд. дека администрацијата е преполнета со лојални партиски кадри, дека судството не функционира... Еве само за потсетување што изјави германската амбасадорка во Македонија, Кристине Алтхаузер неколку месеци по објавувањето на првите бомби од опозицијата. “Нашето западно верување дека државните интереси треба да бидат поважни од партиските интереси изгледаат наивно во однос на политичката култура овде. Превработеноста во државните инс тит уции че с то преполнети со лојални партиски следбеници наместо со компетентни административци, нееднаквиот третман на индивидуите пред институциите, судовите, што е од фундаментално значење за демократијата, како и политичките притисоци врз медиумите, особено врз јавниот сервис, не само што доведоа до тековната криза, туку уште повеќе. Направија секој македонски граѓанин, даночен обврзник да биде жртва на клиентелистичко и партиско однесување на државните институции“. Оваа изјава директно покажува до каде стигаат капацитетите на нашите политички елити кои суверено и патриотски да ја водат и градат државата во изминативе 25 години. Во изминатиов период имаше и многу изјави кои упатуваат на проблемите во водењето на јавните финансии и за непродуктивните трошења на државата кои забрзано ја презадолжуваат државата.
Во неодамншеното интервју за Капитал, претставникот на ММФ во Македонија, Пат рик Жито н пр едупр ед и д ека подобрување на управувањето со јавните финансии треба да биде високо на агендата, дека буџетските таргети беа промашувани во текот на изминатите години, дека има потреба од фискално известување од висок квалитет, сеопфатно и веродостојно фискално прогнозирање и буџетирање... “Брзото темпо на акумулирање на долгот во текот на последните неколку години е загрижувачко. На околу 44% од БДП, сегашното ниво на долг на јавниот сектор може да го ограничи капацитетот на фискалната политика за ефикасно справување со предизвиците во иднина”, изјави Житон. А годинава долгот на Македонија ќе надмине 50%, и според него тука мора да биде кочницата за понатамошно зголемување на долгот. Очигледно, она што сега го предлага Костов, а кое подразбира воведување на инструменти за одземање на суверенитетот на власта за задолжување и реализација на буџетот, веќе поодамна индиректно ни го сугерираат и странските експерти. Очигледно најтешкиот дел ќе биде соочувањето со вистината дека на Македонија и е неопходна контрола во задолжувањето на државата и трошењето на буџетските пари. Начинот на кој тоа ќе се направи ќе биде полесниот дел. nnn
www.kapital.mk
Капитал број 846 15.01.2016
18
банки и бизнис лошите кредити во македонија двојно поголеми од европа и четири пати поголеми од сад
банкарите не можат да наплатат половина милијарда евра, лошите кредити кобни за помалите банки
www.kapital.mk
Капитал број 846 15.01.2016
19
ЛОши кРЕДиТи (милиони евра) извор: народна банка
256
281
425 326
460
495
366
187
2008
2009
2010
2011
2012
2013
2014
2015
неликвидноста од приватните фирми брзо се прелева во банките кои не можат да наплатат речиси половина милијарда евра одобрени кредити. Тоа значи дека 11,6% од сите кредити се спорни за наплата, што е двојно повеќе од просекот на лоши кредити во Европа и дури четири пати повеќе од просекот во саД. Податоците на народната банка покажуваат дека загрижувачки најслаба е наплатата на кредитите кај малите банки, каде лошите кредити достигнуваат до 17,9%. Поради слабата наплата, малите банки за девет месеци лани имаа поголеми трошоци отколку приходи, односно прикажаа загуба од околу половина милион евра и според експертите, непрофитабилноста несомнено ги води кон банкрот. ниту големите банки не се имуни на слабата наплата на кредитите. Четирите најголеми банки, комерцијална, стопанска, нЛб Тутунска и Охридска банка не можат да наплатат 13,2% од одобрените кредити. Уделот на лоши кредити во вкупното портфолио е најмал кај средните банки, изнесува 5,9%. Растот на лошите кредити ја загрижи и Европската комисија која што во последниот извештај за напредокот на Македонија напиша „да се преземат дополнителни мерки за намалување на нивото на лоши кредити бидејќи ја ограничува кредитната активност на банките.“
www.kapital.mk
Капитал број 846 15.01.2016
15,6%
10,3%
7,8%
Индустрија
Земјоделство, Градежништво лов и шумарство
н пишува:
александар Јанев
aleksandar.janev@kapital.mk
Неликвидноста од приватните фирми брзо се прелева во банките кои не можат да наплатат речиси половина милијарда евра одобрени кредити. Тоа значи дека 11,6% од сите кредити се спорни за наплата што е двојно повеќе од просекот на лоши кредити во Европа и дури четири пати повеќе
Трговија на големо и мало
гувернер на Народна банка
со нова мерка, лошите кредити од јуни ќе се намалат
Н
Транспорт и складирање
од просекот во САД. Податоците на Народната банка покажуваат дека загрижувачки најслаба е наплатата на кредитите кај малите банки, каде лошите кредити достигнуваат до 17,9%. Поради притисокот да даваат евтини кредити при висок ризик бидејќи „пливаат во пари“, малите банки за девет месеци лани имаа поголеми трошоци отколку приходи, односно прикажаа загуба од околу половина милион евра и според експертите, непрофитабилноста несомнено ги води кон банкрот. Растот на лошите кредити ја загрижи и Европската комисија која што во последниот Извештај за напредокот на Македонија напиша „да се преземат дополнителни мерки за намалување на нивото на лоши кредити бидејќи ја ограничува кредитната активност на банките.“ Гувернерот на Народната банка, Димитар Богов, објаснува дека банките во САД и Европа имаат пониско учество на лоши кредити меѓу другото и поради тоа што таквите кредити не ги држат долго во своите биланси
Димитар богов
ародната банка во декември донесе одлука со која банките се обврзани да вршат пренос на вонбилансна евиденција на целосно резервираните кредити после одреден број на години зависно од видот на кредитот. Секако, тоа не го нарушува нивното право да извршат наплата после тоа, доколку имаат можност. Со оваа мерка очекуваме од јуни оваа година значително намалување на учеството на лошите кредити во вкупните кредити.
24,5%
25,7%
Објекти за сместување и сервисни дејности со храна
Дејности во врска со недвижниот имот
24,3%
24,0%
31,5%
28,4%
18,7%
32,3%
Лоши креДити по сектори
42,8%
Лоши креДити по наЈЛошо сценарио оД стрес тест
42,7%
банки и бизнис
30,1%
20
туку ги продаваат со дисконти од 70 - 80% на специјализирани фондови кои потоа се обидуваат да наплатат нешто од должниците и да заработат, а она што не можат да го продадат го резервираат целосно и го отпишуваат. „Во Македонија, а и во регионот на југоисточна Европа досега немаше такви фондови кои откупуваат лоши кредити иако од неодамна еден американски фонд се обидува да почне да работи во соседството. Во македонските банки 60% од вкупните лоши кредити се целосно резервирани, што значи дека тие веќе не предизвикуваат негативни
www.kapital.mk
Капитал број 846 15.01.2016
21 ефекти врз билансот на успех. Доколку нашите банки ја следат праксата на банките во САД и Европа, стапката на лоши кредити би се преполовила. Но, и покрај тоа, банките ретко се решаваат на пренесување на целосно резервираните лоши кредити во вонбилансната евиденција“, коментира гувернерот Богов. Ниту големите банки не се имуни на слабата наплата на кредитите. Четирите најголеми банки, Комерцијална, Стопанска, НЛБ Тутунска и Охридска банка не можат да наплатат 13,2% од одобрените кредити. Уделот на лоши кредити во вкупното портфолио е најмал кај средните банки, изнесува 5,9%. Податоците покажуваат дека попроблематични во отплатата на кредитите се приватните фирми отколку граѓаните. Спорни за наплата од бизнис секторот се 390 милиони евра, додека пак од населението околу 105 милиони евра. По одделни сектори, први на црната листа на банките кои најтешко ги враќаат кредитите се најдоа трговските компании, индустријата, хотелите и рестораните како и фирми што се занимаваат со дејност во врска со недвижен имот. Банкарите потврдуваат дека наплатата на кредитите оди многу тешко бидејќи компаниите се финансиски исцрпени од долгата економска криза и нивната платежна способност не се подобрува. „Генерално условите во работењето во овој сегмент не се драстично променети споредено со минатата година. Затоа и сметам дека ќе останат исти и годинава. Проблемите кои се јавуваат најчесто се изолирани случаи и зголемувањето на процентот на нефункционални кредити е минимален, што повеќе го гледам како резултат на растечкиот тренд на кредитирањето, а не како системски проблем. Но, ваквата состојба не треба многу да не радува, бидејќи таа се должи на финансиската дисциплина на клиентите и на нивната култура да ги плаќаат обврските, а не на нивната вистинска способност да го прават истото. За таа цел, ни треба раст и напредок. Ни требаат инвестиции кои ќе не придвижат напред, бидејќи ваквата инертна состојба не може долго да трае“, изјави во интервју за Капитал претседателот на Управниот одбор на Стопанска банка Битола, Владимир Ефтимоски. Но она што загрижува е што овој негативен тренд ги прави банкарите поконзервативни во одобрувањето кредити. „Порастот на лошите кредити ќе влијае на промена на деловната политика на некои банки, особено оние кои што имаат најголем удел на нефункционални пласмани
ЛоШитЕ кРЕДити “најЛоШи“ Во киПаР, “најДобРи“ Во ШВЕДска
н
ивото на лоши кредити во европските банки се намали од 6,1% на почетокот на годината лани, на 5,6% во третиот квартал, меѓутоа ова ниво и понатаму предизвикува загриженост меѓу регулаторите, особено ако се спореди со нивото на ненаплатливи кредити од 3% во саД и дури пониското ниво во азија. Вкупно во Европа, банките не можат да наплатат 1,1 илјади милијарди евра, што е еднакво на годишниот бруто домашен производ на Шпанија. Податоците за Европа опфаќаат 105 банки од 20 земји од Европската Унија и норвешка. најмногу лоши кредити во портфолиото имаат кипарските банки, каде што половина од вкупните заеми се класифицирани дека доцнат над 90 дена. Потоа следуваат словенија со 28,4% лоши кредити, ирска со 21,5%, Унгарија со 18,9%, италија со 16,7%, Шпанија со 7,1%. Во најдобра финансиска во своето портфолио“, велат од банкарскиот сектор. Гувернерот на Народната банка Димитар Богов, вели дека нивото на лошите кредити во вкупните кредити се стабилизира меѓу 11% и 12% меѓутоа, сигналите за одредени проблеми ги гледа кај кредитите одобрени на граѓаните. Советот на Народната банка објасни дека банките за една година одобриле 47,5% повеќе потрошувачки кредити и бидејќи „секогаш, по брзиот раст на кредитирањето, следи период на отежната наплата на побарувањата“, веќе донесе мерки со кои се дестимулира кредитирањето на граѓаните со
кондиција да ги отплаќаат кредитите се фирмите и граѓаните од Шведска каде што лошите кредити изнесуваат само 1,1%. Во норвешка доцнат со отплата 1,4% од одобрените заеми, во Финска 1,7%, во Велика британија 2,9%, во Холандија 2,9% и во Германија 3,4%. „иако наплатата се подобрува, квалитетот на кредитното портфолио останува голема грижа во ЕУ и закана за поголема кредитна активност и профитабилноста на банките особено во земјите што се под економски стрес“, пишува во соопштението на Европскиот банкарски регулатор. Регулаторот предупреди нивото на лоши кредити да се намали бидејќи банките вообичаено кредитираат повеќе кога лошите кредити се пониски, а капиталот повисок, така што намалувањето на лошите кредити би го поттикнале кредитирањето на приватните фирми и ќе и помогне на европската економија побрзо да закрепне. потрошувачки кредити. Народната банка донесе уште една мерка со која што очекува нивото на лоши кредити да се преполови. Гувернерот Богов, објаснува дека од јуни годинава, банките ќе бидат „обврзани да вршат пренос на вонбилансна евиденција на целосно резервираните кредити после одреден број на години зависно од видот на кредитот.“ „Тоа не го нарушува нивното право да извршат наплата после тоа, доколку имаат можност. Со оваа мерка очекуваме од јуни оваа година значително намалување на учеството на лошите кредити во вкупните кредити“, објаснува Богов.
www.kapital.mk
Капитал број 846 15.01.2016
22
банки и бизнис
Третина од кредитите би можело да станат спорни
Резултатите од стрес тестовите што ги спроведе Народната банка во третиот квартал лани, покажаа дека доколку се случи најлошото сценарио во економијата, дури третина од кредитите одобрени на приватните фирми би можело да станат спорни за наплата. Тоа значи дека банките не би можеле да наплатат од компаниите околу 775 милиони евра. По одделни сектори, најпроблематични за наплата би биле кредитите дадени на компании што се занимаваат со хотелиерство и угостителство, односно дури 42,8% од вкупните кредити, а според ова сценарио, инвеститорите во недвижности не би можеле да отплатат 42,7% од земените кредити. Состојбата кај граѓаните е подобра споредено со бизнис секторот. Лошите кредити дадени за населението според најлошото можно сценарио би се искачиле од 5,6% на 20,2%. Најпроблематични кај населението би станале автомобилските кредити, со удел на лоши кредити од 38,8%. Меѓутоа, еден дел од стрес тестот покажува колку се домашните банки издржливи дури и на екстремни шокови. Адекватноста на капиталот во банкарскиот сектор дури и при најпесимистичкото сценарио ќе се задржи над 12% што е значително
неплаќањето на ратите активира хипотеки од 98,7 милиони евра
б
анките имаат запленето имот од хипотеки вреден 98,7 милиони евра, покажуваат најновите податоци од народната банка. Деловни простори, фабрики, машини и опрема, станови и куќи влегоа во барабанот на извршителите бидејќи банките не успеваат да ги наплатат дадените кредити. Меѓутоа, речиси половина од имотот е веќе класифициран како оштетен и банките веќе го отпишале од своите биланси. банкарите објаснуваат дека активирањето на хипотеките е последната и нај непосакувана
повисоко ниво од законскиот минимум од 8%. Тоа значи дека сите банки ги положиле стрес тестовите што им ги зададе централната банка. Засега проценките за Македонија се дека економијата годинава ќе порасне околу 3% што е всушност и најоптимистичка оценка во споредба со останатите земји од регионот и од тој аспект, песимистичките сценарија изгледаат нереални. Народната банка редовно на секои
мерка за наплата на одобрените кредити. Велат дека претходно се обидуваат да најдат начин како да им помогнат на клиентите да не дојде до ангажирање на извршителите. банкарите потврдуваат дека продажбата на имотот што го имаат запленето од клиентите оди тешко, меѓутоа народната банка со одлука изврши притисок во рок од 4 години, банките да се ослободат од запленетиот имот. Во спротивно, вредноста на тој имот во нивните биланси ќе се намалува по 20% годишно. три месеци ги тестира банките на две можни сценарија – што ќе се случи со наплатата на кредитите и адекватноста на капиталот доколку 10% и 30% од кредитите станат поризични. Во Македонија стрес тестовите покажаа најголем проблем во 1999 година кога се случи косовската криза и во 2001 за време на војната, кога граѓаните масовно почнаа да ги повлекуваат депозитите од банките и целиот сектор беше во опасност. nnn
ПОКАНА На 10 март 2016 година (четврток) во просториите на НБРМ, на 8. кат, со почеток во 14 часот, ќе се одржи 20. сесија на Клубот на истражувачите. Доколку сакате да го презентирате Вашиот работен материјал на оваа сесија на Клубот на истражувачите, Ве молиме да нè известите најдоцна до 29 февруари 2016 година (понеделник). Се надеваме дека ќе предизвикаме интерес кај Вас и кај Вашите колеги за учество на Клубот на истражувачите. Ве молиме да го потврдите Вашето присуство на оваа сесија на Клубот на истражувачите најдоцна до 7 март (понеделник) 2016 година на тел. +389 2 3298 505; електронска пошта: marketing@kapital.com.mk Напоменуваме дека зачленувањето во Клубот е од отворен карактер, за што подетални информации можете да видите на следнава врска: www.nbrm.mk/Клуб на истражувачи.
ŮƍƉƇŽƃŧƑůƑŧ ŝŧƑƓŝřƅř ƃ ŭśŽůūƓŝřřƑ
śžƦž ŌŌŐ żƇŽƁƆƁ
ŞƋƓƉřƛůŷř ƐƋůşŽřŝ
Ū Ʀž źƁŽž ŻƇ ƉžŽ www.triglav.mk
Капитал број 846 15.01.2016
24
www.kapital.mk
анализа
Очекувањата Од 2016 гОдина на малите и средни кОмпании
пОгОлема ФлексибилнОст Од банките и државата за малите бизниси долга е листата на забелешки и барања на малите компании испратени до банките и државата за 2016 година. сепак од сите компании кои ги контактираше капитал, доминира една порака. „државата и финансиските институции треба да сфатат дека тие живеат од фирмите и затоа е потребна поголема флексибилност кон нив за да можат да се соберат повеќе даноци и провизии за банките“
Факт: малите и средни кОмпании сО пОгОлем е
www.kapital.mk
Капитал број 846 15.01.2016
25
Б
н
никола лазаРовски сопственик на компанијата за производство на безбедносни врати и сефови „Сеф Компани“
ашето производство и пласман во изминатава година е зголемено за 20%. со оглед на фактот дека засега работиме исклучително на домашен пазар, најверојатно растот се должи на менување на потрошувачката култура на подобро. ние со години се боревме со менталитетот на нашите луѓе кои купуваа евтини кинески безбедносни врати кои на крај ни самите не успеваа да ги отклучат. после толку години веројатно луѓето конечно сфатија дека разликата во цена е минорна во однос на квалитетот кој се добива.
Р пишува:
дејан азески
dejan.azeski@kapital.mk
Растот на обртот и извозот на успешните мали и средни компании не значи дека сите пречки за нивното работење се отстранети туку дека има уште многу да се направи. Ова е генералниот заклучок на претставниците на десетина мали и средни компании кои ги контактира Капитал за да направи анализа во врска со нивното работење, перспективи и предизвици како во 2015 така и во периодот што следува. Долга е листата на забелешки и барања на малите компании испратени до банките и државата за 2016 година. Сепак од сите компании кои ги контактираше Капитал, доминира една порака. „Државата и финансиските институции треба да сфатат дека тие живеат од фирмите и затоа е потребна поголема флексибилност кон нив за да можат да се соберат повеќе даноци и провизии за банките“.
2015 сепак подобра од 2014
Според Никола Лазаровски сопственик на компанијата за производство на безбедносни врати и сефови „Сеф Компани“ нивното производство и пласман во изминатава година е зголемено за 20%. „Со оглед на фактот дека засега работиме исклучително на домашен пазар, највероја-тно растот се должи на менување на потрошувачката култура
Митко ЃоРгиев
генерален директор на „Металпромет Радовиш“
на подобро. Ние со години се боревме со менталитетот на нашите луѓе кои купуваа евтини кинески безбедносни врати кои на крај ни самите не успеваа да ги отклучат. После толку години веројатно луѓето конечно сфатија дека разликата во цена е минорна во однос на квалитетот кој се добива.“ вели Лазаровски. Слични импресии ни пренесоа и од Радовишката компанија „Металпромет“, која за разлика од „Сеф Компани“ доминантно е извозно ориентирана. Според генералниот директор Митко Ѓоргиев компанијата има обезбедено пазари во Германија и Англија за до месец март наредната година што значи дека во 2016 година очекуваат уште подобри резултати. „Изминатата 2015 одработивме на еднакво добро ниво како и во 2014, а според најавите за наредната 2016 очекуваме многу подобри резултати. Треба да се знае дека ова не се постигнува преку ноќ туку дека компанијата скоро две децении работи на овие пазари и овие цифри се резултат на тоа“
за 2016 веќе се инвестира
Бидејќи претходните двајца соговорници ни потврдија дека во изминатава година направиле по неколку помали или поголеми инвестиции во насока на подобрување на производствениот процес и ширење на пазарите, решивме да најдеме повеќе компании кои се доволно смели и во кризни времиња да инвестираат во развој. Една од таквите компании е Рибникот и погонот за преработка на риба „Дошница“ од Демир Капија. Газдарицата и раководител на компанијата Елеонора Настова Димовска, изминатата година ни ја опиша како година целосно посветена на инвестиции и развој. „Во 2015 година имавме навистина за нас крупни инвестиции и сериозно проширување на капацитетите. Најважно од се успеавме да се прошириме на уште еден рибник во Демирхисарскиот регион, што значително ќе ни го зголеми капацитетот. Дополнително веќе
араме , барем приближно еднаков однос и услови на државата кон нас, како односот што го има кон странските инвеститори“ концизно и јасно пренесе тој. според него, доколку ова на некој начин се реализира ќе може да се види дека домашните компании не се ништо помалку способни и иновативни во однос на странските компании.
неколку години работиме на проект за конзервирање на рибата. Пристап кој засега за жал го нема никој во Македонија, а од кој се очекува да даде голема додадена вредност на она што го работиме“ Настова Димова која со приватен бизнис се занимава повеќе од десетина години смета дека инвестициите во претстојниот период мора да дадат резултати. „Кога се инвестира, годината е генерално тешка , но нормално е и да се очекува тие инвестиции да се вратат. Веројатно тоа нема да биде веднаш во 2016 година и ќе ни треба подолг рок, но мотивира фактот дека првичните резултати ќе почнеме да ги чувствуваме наскоро“ Ништо полоши не се согледувањата кои ги добивме и од Неготинската компанија за кечапи и мајонези КИМ. Според сопственикот и генерален директор Славчо Јорданов, растот од 15 % од минатата година единствено може да се продолжи и во наредната година со дополнителни инвестиции. „Планираме проширување на производствените капацитети и до 50%, како за постоечките производи така и преку воведување на нови производи. Имаме повеќе идеи, а некои од нив веќе реализиравме. Инвестиравме во производство на лупени домати и го надградивме производството на сок од домати. Нормално со ова ќе е потребно и проширување на магацинските простори што значи една инвестиција повлекува друга и никогаш нема крај на тој циклус.“
кои се пречките со кои се соочуваат помалите компании
Митко Ѓоргиев од Радовишки Металпромет, веројатно најдобро го објасни она што сите контактирани компании го бараат од државата за 2015 година. „Бараме , барем приближно еднаков однос и услови на државата кон нас, како односот што го има кон странските инвеститори“ концизно и јасно пренесе тој. Според него, доколку ова на некој начин се реализира ќе може да се види
ентузијазаМ од голеМите за пРетстојната 2016
www.kapital.mk
Капитал број 846 15.01.2016
26
анализа
в елеоноРа наСтова диМова
„Рибник Дошница“
о 2015 година имавме навистина за нас крупни инвестиции и сериозно проширување на капацитетите. најважно од се успеавме да се прошириме на уште еден рибник во демирхисарскиот регион, што значително ќе ни го зголеми капацитетот. дополнително веќе неколку години работиме на проект за конзервирање на рибата. Пристап кој засега за жал го нема никој во Македонија, а од кој се очекува да даде голема додадена вредност на она што го работиме.
дека домашните компании не се ништо помалку способни и иновативни во однос на странските компании. Неговиот колега од „Сеф Компани“, Никола Лазаровски има заеднички совет и за банките и за државата. „Флексибилност. Тоа е она што им фали и на едните и на другите. На банките им фали флексибилност во поглед на проценката за перспективите на една компанија, а на државата флексибилност во поглед на казните и спроведувањето на некои мерки на кои се инсистира. Доколку се разлабават овие стеги мислам дека има услови на пазарот растот на работата да продолжи. Нормално тоа се однесува на компаниите кои имаат добар производ“ вели Лазаровски. Славчо Јорданов од, КИМ Неготино, вели дека банките и државата треба да сфатат само една работа, а тоа е дека тие на крај живеат од компаниите и дека што повеќе простор за дишење ќе дадат на фирмите, толку повеќе пари од даноци и провизии ќе соберат. „Не е само да се има пристап до финансиски средства и кредити од банките туку и тие кредити да можат да се сервисираат. За тоа се потребни пониски каматни стапки,
М
Славчо ЈоРданов
сопственик и генерален директор „КИМ Неготино“
БПР иако е направена да биде различна од комерцијалните банки функционира скоро исто како нив. за да аплицираме за кредит ни бара хипотека на фабриките што ги поседуваме. Проблемот е што сите мали фабрики во Македонија веќе се под хипотека кај комерцијалните банки и да сакаме немаме можност да ги ставаме повторно под хипотека.
Малитефирмимногутешкодоаѓаатдокредити
д
ржавата веќе повеќе години нуди кредити со поповолни каматни стапки преку Македонската банка за поддршка на развојот (МБПР). иако оваа мерка беше бомбастично најавувана и промовирана со големи очекувања, на крај голем дел од компаниите воопшто не можат да дојдат до кредит од оваа банка. Славчо Јорданов од киМ неготино, детално ни објасни зошто е тоа така. „МБПР иако е направена да биде различна од комерцијалните банки функционира скоро исто како нив. за да аплицираме за кредит ни бара хипотека на фабриките што ги поседуваме.
како што на другата страна од државата е потребна поголема флексибилност. Значи двете страни треба повеќе
Проблемот е што сите мали фабрики во Македонија веќе се под хипотека кај комерцијалните банки и да сакаме немаме можност да ги ставаме повторно под хипотека“. затоа според Јорданов е потребна целосна промена на моделот според кој функционира оваа институција. „едноставно треба подобра проценка околу тоа која фирма може, а која не може да сервисира ваков кредит. таа добра проценка е најдобра гаранција секаде во светот. ако се продолжи со моделот на хипотеки по примерот на комерцијалните банки се помалку фирми ќе можат да користат средства од МБПР“. разбирање и толерантност, за на крај и тие да можат да искористат од нашиот раст и обрт“. nnn
ПРоБлеМи: Се уште иМа Многу кои тРеБа да Се Решаваат
Капитал број 846 15.01.2016
28
www.kapital.mk
start up
рЕгионот почна да го прави она што свЕтот го прави одамна
Технолошки паркови никнувааТ во Софија, Белград, ЗагреБ... додека Македонија станува суровинска база за странските коМпании
ЕУ фондови: БУгарија искористи 38 милиони Евра Европски
www.kapital.mk
Капитал број 846 15.01.2016
29 ЕвЕ што СЕ отвора кај “комшИИтЕ“ во момЕнтов
Софија
XXTecnology+Innovation Network - научно – технолошки парк отворен на 11 декември 2015 XXИнвестиција од 38 милиони евра, обезбедени од европски фондови XXносител на проектот: државна компанија “Софија тех парк“ XXПовршина од 35.000 м2 и капацитет за работа на околу 300 компании
Д пишува:
Игор Петровски
igor.petrovski@kapital.mk
Додека Македонија се фали со својот раст на извозот, генериран првенствено од слободните економски зони каде што работат странските инвестиции (од кои што, инаку, домашната економија не наплаќа ниту даноци, ниту придонеси, излегуваат претежно полупроизводи со пониска додадена вредност, а потрошени се десетици милиони евра за нивно субвенционирање), земјите од регионов сериозно се зафатија да ги развиваат своите носители на идниот економски раст
Белград
XXнаучно – технолошки парк отворен на 30 октомври 2015 XXИнвестиција од 12 милиони евра, финансирано од владите на Србија и швајцарија XXПовршина од 11.000 м2 и капацитет за работа на 100 компании
ЗагреБ
XXПроектот за научно –технолошки парк Загреб е во тек XXПрвата фаза треба да финишира за неколку месеци XXвкупна вредност на проектот е 30 милиони евра, од кои што значителен дел треба да се обезбедат од европски фондови XXПовршина од 25.000 м2 и капацитетот за работа на преку 200 компании
Софија и Белград штотуку добија нови научно технолошки паркови, а Загреб се подготвува за изградба на својот. Соседните држави сериозно инвестираат во поддршка на тоа што значи соработка помеѓу бизнисот и науката – рецепт веќе успешно докажан кај најразвиените светски економии. – технолошко развојните компании. Еден од успешно проверените рецепти за тоа е стимулирање на овие компании преку научно – технолошките паркови. Така, првиот научно – технолошки парк во Бугарија почна да работи на 11 декември минатата година. Technology + Innovation Network е проект на државната компанија “Софија тех парк“, во кои што досега се вложени 38 милиони евра, обезбедени од европските фондови, а се планираат и дополнителни инвестиции во проширување на паркот. Паркот веќе го има својот прв жител – инвестицискиот фонд Eleven, како што известува бугарскиот интернет портал Capital.bg, заедно со три фирми од неговото портфолио. Следниве неколку месеци во комплексот, кој што се наоѓа на местото на бивши воени објекти, ќе проработат лаборатории, стартап инкубатор и иновациски форум за организирање на настани. Периодов се
очекува да бидат привршени градежните работи во паркот. Идејата на технолошкиот парк е да се претвори во средиште на иновативниот бизнис во Бугарија и на долг рок да генерира додадена вредност за економијата, разработувајќи нови технолошки производи и решенија. Интерес за научно - технолошкиот парк (во понатамошниот текст НТП, н.з.) пројавуваат не само инвестициски фондови, туку и компании од технолошкиот сектор, како шведската Trelleborg, која што е меѓу првите што најави соработка со бугарски компании и научни институции во рамки на НТП во Софија. За стартап компаниите е предвиден пакет за влез во технолошкиот парк, што подразбира пониски трошоци за кирија, маркетинг, советодавни и други услуги. Наскоро ќе биде избран и оператор на паркот, а уште еден важен елемент е лабораторискиот комплекс, составен од 11
И ПарИ За ИЗграДБа на Својот наУчно - тЕхнолошкИ Парк
www.kapital.mk
Капитал број 846 15.01.2016
30
start up
кАко тоА го прАви светот
Државна поддршка на бизнис инкубатори и научно - технолошки паркови
АвстријА: АplusB прогрАмА XXПрограма на австриската влада за поддршка на бизнис инкубаторите од 2002-2013. XXAplusB центрите ги поддржуваат научниците во процесот од идеја до одржлив бизнис – советување, деловен простор, пристап кон истражувачка и развојна инфраструктура, финансирање на раниот развој (28 милиони евра), развој на претприемништвото во академската пракса (основани 8 центри) XXОд 2002 до 2013 ви програмата се примени 552 проекти. XX93% од основаните фирми и денес се активни XXФинансирање на проекти во вредност од 340 милиони евра, од нив 8% од страна на AplusB, 40% од јавни фондови и 52% приватен капитал.
ФрАнцијА: GrenoBle - Minatec
XXИновациски кампус на 20 хектари, со 2.400 истражувачи, 1.200 студенти, 600 бизнис и техничко технолошки експерти за микро и нанотехнологии XXФормирањето почнува во 1999 година, добива инвестиција од
француската влада од 3,2 милијарди евра, и додатни 150 милиони од локалната влада, главно за развој на локална инфраструктура (патишта) XX Оваа инвестиција се вратила повеќекратно преку платени даноци, 1.000 технички ориентирано нововработени и преку 3.000 работни места вклучени во поддршка. XXДенес Minatec е дел од GIANT кампусот кој што опфаќа и сектори на зелена енергија и здравство, со план за развој на инфраструктура и урбанистичка поддршка во следните години.
Мексико: НТп моНТереј XXРазвојот на научно технолошкиот парк во Монтереј, Мексико, е поддржан од федералната влада на Мексико, вклучувајќи ја инвестицијата во инфраструктура од 100 милиони долари и во згради и опрема од 150 милиони долари. XXФормирани се два бизнис инкубатори, еден за нанотехнологија и еден за биотехнологија, со инвестиција од 20 милиони долари. XXМексико дава даночни олеснувања за инвестиции во истражување и развој.
сАД XXВо САД иновативните кластери и паркови се развија како резултат на државната активност и приватната иницијатива, и во некои случаи околу државните истражувачки центри (пр. NASA) XXДржавната поддршка на НТП главно се спроведува од страна на федералните држави на САД и локалната администрација, а во помала мера од страна на администрацијата во Вашингтон. XXНајчесто, НТП се основаат како облик на јавно – приватно партнерства што стимулираат проток на знаење помеѓу универзитетите и фирмите во паркот.
кинА XXКина развива големи научно - технолошки и индустриски паркови како резултат на националната политика на раст и развој на Кина како конкурентен играч на светскиот пазар, преку значајни вложувања на национално и локално ниво. XXРазвојот на НТП во Кина го одликуваат агресивни инвестиции од страна на националните и локалните влади за создавање на паркови од големи размери.
ПРОВеРеН РецеПТ: НАјРАзВИеНИТе СТАРТАП НАцИИ ИМААТ НАјМНОгу НТП
www.kapital.mk
Капитал број 846 15.01.2016
32
start up
Словенците почнаа да го развиваат својот технолошки парк пред 20 години ЉубЉана XXТехнолошкиот парк е формиран во 1995 година XXФормиран како прво јавно – приватно партнерство во Словенија XXСе простира на површина од 35.000 м2 XXДенеска претставува своевиден мал град со 288 компании што работат во него XX1500 професионалци развиваат иновативни производи во технолошкиот парк Љубљана лаборатории за трите приоритетни области во паркот – информациски и комуникациски технологии, биотехнологии и нова и зелена енергија. Засега најголем интерес од страна на индустријата има за 3D лабораторијата за брза изработка на прототипови, како и за биотехнолошките лаборатории.
Белград после 26 години изградба го доби својот научно технолошки парк
Развојот на научно – технолошките паркови како простор кој што ја поддржува соработката помеѓу науката и компаниите е еден од клучните фактори за брзиот развој на земји како Израел, Ирска, скандинавските и балтичките држави и други економии што се потпираат на економијата на знаење и “експлозијата“ на иновативни мали и средни компании. Не случајно, земји каде што има најголем процент на искористеност на фондовите од ЕУ од Horizon 2020 и останатите програми за финансирање на иновативни проекти, се Ирска, Австрија, Израел и други економии со високо развиена сцена на НТП, акцелератори, бизнис инкубатори и останатата инфраструктура. Во Македонија, за волја на вистината, досега е отворен еден научно - технолошки парк во рамки на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, во мај 2013 година. Универзитетот инвестираше 50.000 евра во простор од 650 м2, каде што во моментов, според информацијата на нивната веб страна, работат пет компании од ИКТ секторот. Но, сепак за постигнување на позначајни резултати во областа на стартап еко - системите во земјава, потребни се многу посериозни инвестиции и државна поддршка во формирањето на научно -технолошки паркови, по примерот на земјите од регионот и светот. Нешто пред НТП во Софија, во октомври во Белград свечено беше пуштен во употреба првиот НТП во Србија, кој што на едно место за технолошко - развојните компании нуди комплетна инфраструктура и бази на знаење, односно врска со факултетите и научно – истражувачките
институции. НТП во Белград почнал да се гради уште пред 26 години, но конечно довршување на проектот е иницирано минатата година, кога паркот официјално е основан од страна на Владата на Србија, Градот Белград и државниот Универзитет во Белград. Финансиска поддршка на НТП Белград даде владата на Швајцарија. Во просторот на НТП Белград веќе работи бизнис инкубаторот на технолошките факултети од Белградскиот универзитет, кој што веќе “одгледа“ 50 компании што вработуваат 300 инженери. Тие само минатата година во буџетот на Србија, преку данок уплатиле повеќе од 1,5 милиони евра, истакна министерот за образование, наука и технолошки развој на Србија, Срѓан Вербиќ, по повод отворањето на НТП. Технолошкиот парк во Белград има капацитет да прими 100 компании и се простира на површина од 11.000 квадратни метри.
Загреб ќе гради технолошки парк од 30 милиони евра
И Хрватите веќе подолго време работат на формирање на научно - технолошкиот парк во Загреб, иако реализацијата на проектот не ода така мазно. На почетокот од минатата година Канцеларијата за стратегија на Градот Загреб ги изработи програмските насоки за Загрепскиот велесаем, при што како еден од составните делови е наведена и содржината на идниот Технолошки парк Загреб. Идниот чекор е Развојната агенција на Загреб да обезбеди право на градење на делот од просторот на Велесаемот, за да се изработи идеен проект и останатите документи потребни да се пријави проектот како кандидат за европски пари. Технолошкиот парк е предвиден да се простира на 25.000 метри квадратни и инвестицијата да чини околу 30 милиони евра. НТП Загреб ќе се развива и опремува во соработка со загрепскиот Универзитет, а стартапите што ќе работат во паркот ќе имаат неколку облици на поддршка од кои што најважна ќе биде техничката
Зошто се потребни научно-технолошки паркови XX Истражувачки ориентираните стартап фирми го продолжуваат својот пост – инкубационен развој во НТП XX Се создава окружување и инфраструктура, за да се зголеми бројот на новоформирани фирми засновани на наука и технологија што може да комерцијализираат резултати од истражувања на универзитетите и истражувачките институти. XXСе групираат фирми и истражувачи од секторите ИКТ, биомедицина, природни науки, нанотехнологии, енергетика, телекомуникации... XX Формирање на НТП е во тесна врска со академските центри, со цел трансфер на технологии, во одредена област, при што се создаваат силни врски помеѓу приватниот сектор и истражувачките/ академски групи XX Професионален менаџмент – поврзување на претприемачите, истражувачите, инвеститорите и останатите засегнати страни во окружувањето на НТП XX Одржливо финансирање од јавни фондови и активно приватно учество, и ефикасна јавна политика која што ги поддржува иновативните компании. поддршка и менторството од искусни професионалци. Од загрепскиот Универзитет велат дека НТП треба да стане јадро кое што ќе се рашири на целиот простор на Велесаемот. За НТП е развиена модуларна инфраструктура со заеднички простори, хали за состаноци и презентација, како и т.н. креативни соби. На почетокот користењето на технолошкиот парк ќе биде бесплатно за компаниите, а подоцна веројатно ќе се одредат симболични надоместоци. nnn
СИНергИја: НТП гИ СПОјувааТ НаучНИцИТе И ПреТПрИемачИТе
СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ
МЛЕчНА ИНдуСтРИЈА
29 јануари
2016
маКедонсКиот “млечен Пат“ бизнисот со млеко и млечни производи предизвикува прилично контроверзии во домашната јавност изминативе години: субвенциите во млекопроизводството растеа, а резултатот е сè помало производство и поголем увоз. во специјалниот прилог “млечна индустрија“ што ќе излезе на 29 јануари, ќе анализираме каква ќе биде 2016 година за овој бизнис сектор и што треба да се направи за поголемо производство и извоз на млечни преработки. во прилогот ќе може да прочитате:
l анализа на Пазарот: КолКу млеКо се произведува во маКедонија, КолКу се преработува, а КолКу се увезува? l КаКва стратегија имаат домашните КомПании за “борба“ Против огромната странсКа КонКуренција... l КаКви се Прогнозите и Плановите на бизнисмените од млечната индустрија за 2016 година l Кој е Кој во млечната индустрија: најголеми играчи на пазарот l КолКав е извозот на млечни Производи и Кои Пазари се најголема шанса за домашните Производители Повеќе информации во врска со прилогот и за претставување во истиот можете да добиете на е-мail: marketing@kapital.com.mk l gordana.mihajlovska@kapital.mk или на телефонскиот број ++ 389 2 3298 505
Лицe за контакт:
ГОРдАНА МИХАЈЛОВСКА
www.kapital.mk
Капитал број 846 15.01.2016
34
start up
и Софија мЕѓу тоП 10 н СтартаП дЕСтинации н
С
Софија е еден од десетте најатрактивни градови за претприемачки старт во бизнис светот. Ова го покажува анализата на Ричард Медисон од Brighton School of Business and Management, објавена во Forbes и Seedstars World - компанија со база во Швајцарија, која спроведува конкурси за иновативни идеи на пазарите во развој.
Какви се предностите?
Бугарскиот главен град е на десетто место на
Главниот град на Бугарија е на листата најповолни стартап дестинации поради интернет покриеноста, ниските давачки за регистрација, и екосистемот од фондови и претприемачи. Погледнете кои светски метрополи и прават друштво на Софија. листата, и тоа се должи на брзиот интернет, евтината регистрација на нови компании, ниските даноци, како и присуството на инвестициски фондови. Некои од државите на оваа листа учествуваат со повеќе од еден град - на пример, Полска со Познан, Краков и Варшава, Кина со Пекинг и Шенжен. Последниве години Софија се разви како специфичен стартап центар и привлече компании и инвеститори од околните држави. Фокусот е претежно на компаниите во почетната етапа од развојот. Важна улога за формирањето на претприемачкиот екосистем одиграа двата акцелератори Eleven и LauncHub, кои освен инвестициите
нудат и менторски програми. Досега тие вложиле средства во над 170 компании, привлекувајќи дел од нив од странство, а претежно од Балканот. Фондовите за инвестиции во поразвиени бизниси, како Neveq или Rosslyn Capital, исто така, играат важна улога во развојот на екосистемот. И не на последно место, и некои странски инвеститори го свртуваат погледот кон локалната претприемачка средина во развој. Покриеноста од 56,7% и високата брзина на интернетот се уште една од причините Софија да влезе во листата. Одамна Бугарија е лидер во однос на квалитетот на врската во Европа, а неодамна беше завршен и проект
ЕКоСиСтЕм: Софија Е мЕѓу тоП дЕСтинациитЕ за СтартаПи заради ПриСуС
www.kapital.mk
Капитал број 846 15.01.2016
35
Кина ПеКинг и Шенжен
интернет покриеност: 46% Регистрација на компанија: 1$ u Корпоративен данок: 25% u ДДВ: 17% u
u
Малезија СибеРџаја и Куала луМПуР
интернет покриеност: 67% Регистрација на компанија: 350 $ u Корпоративен данок: 23% u ДДВ: 6% u
u
ПолСКа ВаРШаВа, КРаКоВ и Познан
интернет покриеност: 65% Регистрација на компанија: 280 $ u Корпоративен данок: 19% u ДДВ: 23% u
u
РуСија МоСКВа
интернет покриеност: 62% Регистрација на компанија: 350 $ u Корпоративен данок: 13% u ДДВ: 18% u u
инДија бангалоР
интернет покриеност: 25% Регистрација на компанија: 400 $ u Корпоративен данок: 34% u ДДВ: 4% u u
најПоВолни на ПланетаВа! што поврзува нови 70 населени места со интернет, со што покриеноста на територијата на државата стана уште подобра. Цената е третиот показател по кој Софија е избрана во топ-10. На светско ниво тука уште е прилично евтино да се почне со развој на бизнис. Според истражувањето на Медисон таксата за регистрација на компанија за странци е 200 долари, што ја става Софија на четврто место според овој показател, заедно со Индија. Всушност, потеклото на основачите на компанија во Бугарија не влијае на цената, и таа е околу 50 евра државни давачки, плус хонорар на адокатска канцеларија за подготовка и предавање на документите. Освен евтината регистрација, и корпоративниот данок и ДДВ-то во Бугарија се ниски - 10%, односно 20%. Конкретно, овој данок е најнизок меѓу сите држави на листата, а највисок има Индија - 34%.
Софија е балканското срце на стартапите во рана фаза
Освен во топ-10 на светско ниво, Софија е водечка дестинација за стартапи и на
Балканот. „Ако бараш помало финансирање, местото е идеално, зашто не е тешко да го најдеш (финасирањето) и и инвеститорите се сè повеќе“, смета основачот на LegalTrek, Александар Гвозден (компанијата е за правен софтвер и е со српски корен, а почнува да работи во Бугарија). Според Гвозден, една од големите предности на Софија во однос на поголемите стартап центри, е што во големите фондови во Германија, на пример, се бараат суми во милиони, а компаниите се во подоцнежна фаза од развојот.
Меѓу големите
Другите европски стартап дестинации на листата се Велика Британија со Лондон, Полска со Краков и Варшава, Русија со Москва. На прво место се кинеските градови Пекинг и Шенжен, каде таксата за почнување бизнис е одвај еден долар, но интернет покриеноста во државата значително е пониска од онаа во Бугарија - 46%. Меѓу првите десет уште се и Индија со Бангалор, Австралија со Сиднеј, Мелбурн и Бризбен, Тунис со Ел Газала, и Египет со Каиро и Александрија. nnn
СтВото на фонДоВи, аКцелеРатоРи и инКубатоРи
аВСтРалија СиДнеј и МелбуРн
интернет покриеност: 82,3% Регистрација на компанија: 457 $ u Корпоративен данок: 28,5% u ДДВ: 10% u u
туниС ел газала и туниС
интернет покриеност: 50,7% Регистрација на компанија: 250 $ u Корпоративен данок: 30% u ДДВ: 18% u u
англија лонДон
интернет покриеност: 87% Регистрација на компанија: 22 $ u Корпоративен данок: 25% u ДДВ: 20% u u
егиПет КаиРо и алеКСанДРија
интернет покриеност: 44,1% Регистрација на компанија: 200 $ u Корпоративен данок: 25% u ДДВ: 10% u u
бугаРија Софија
интернет покриеност: 56,7% Регистрација на компанија: 200 $ u Корпоративен данок: 10% u ДДВ: 20% u u
Капитал број 846 15.01.2016
36
www.kapital.mk
Компании и пазари
Кој е еФеКтот од странсКите инвестиции врз домашните К
од вКупниот увоз во зони од 1,3 милијарди евра, помалКу од 50 милиони маКедонсКи производи и
ФаКт: потенцијалот за соработКата со странсКи
www.kapital.mk
комПАнии?
ите
еврА се и услуги
Капитал број 846 15.01.2016
37 околу 50 милиони евра изминатата година годината инкасирале македонските компании од соработката со странските инвеститори во зоните. ова е екстремно мала бројка ако се знае дека вкупниот увоз во слободните зони во 2015 година изнесувал 1,3 милијарди евра . бизнисмените кои веќе соработуваат со инвеститорите во зоните се децидни дека квалитетот и цената се пресудни, стопанските комори најавуваат интензивирање на вмрежувањето помеѓу домашните и странските бизнисмени во земјава, а меѓународните искуства покажуваат дека државата има право и законски да ги натера странците да купуваат повеќе македонски производи. Прашање е колку од сево ова може да се спроведе во пракса.
O пишува:
Дејан Азески
Dejan.azeski@kapital.mk
Околу 500 македонски компании веќе соработуваат со странските инвеститори, а изминатата година тие неофицијални инкасирале помалку од 50 милиони евра од оваа соработка. Оваа бројка на прв поглед изгледа голема, но ако се спореди со вкупниот износ на странски инвестиции во Македонија, кои од 2007 година досега надминуваат 2,3 милијарди евра, и со вкупниот извоз и увоз кои го прават странските компании во слободните зони, тогаш, тоа е многу мала соработка. На пример, вкупниот увоз во зоните за изминатата 2015 година изнесува 1,3 милијарди евра, а од нив едвај неколку десетина милиони евра отпаѓаат на производи и услуги увезени или купени до домашни компании. Она што е позитивно е што обемот на соработка на домашните компании со странските инвеститори расте секоја година. Но, сите се согласуваат дека таа може и мора да биде поголема. Она што останува како домашна задача на властите и на домашните бизнисмени е да се најдат начините како таа може да се зголеми. Јелисавета Георгиева, извршен директор на Стопанската комора на Македонија
броjки:
50
милиони евра инкасирале македонските компании од соработката со странските инвеститори во зоните
500
македонски компании соработуваат со странските инвеститори
1,5
милијарди евра извоз направиле компаниите од зоните во 2015 година
1,3
милијарди евра изнесува увозот во слободните зони за 2015 година
вели дека ако пред две или три години тие биле незадоволни од соработката со инвеститорите сега работите одат на подобро. Според нејзе, соработката може да биде многу поголема. „Никој не може во конечни бројки да предвиди колкав обем на соработка помеѓу домашните и странските инвеститори е максимално можен. Бидејќи не е пресудно само она што македонските компании можат да го понудат на странците, туку и по која цена и во колкава количина тоа можат да го достават. Сепак штом соработката е неколкукратно зголемена во последните
ите инвестиции еДвАј е ПочнАт ДА се користи
www.kapital.mk
Капитал број 846 15.01.2016
38
Компании и пазари
н
с Ѓорче тодоровсКи
извршен директор и сопственик на ТеТе Пласт
амо ние компаниите можеме да ги убедиме странските инвеститори за соработка, нудејќи им поповолно и со ист или сличен квалитет производи или услуги во однос на странските добавувачи од кои се снабдувале или се снабдуваат. ниедна институција тука не смее и не може да им се меша на странските инвеститори од каде тие ќе се снабдуваат. улогата на институциите ја гледам во тоа да им овозможат на странските инвеститори доволно информации за потенцијалите на македонските компании добавувачи.
Јелисавета георгиева извршен директор на СКМ
икој не може во конечни бројки да предвиди колкав обем на соработка помеѓу домашните и странските инвеститори е максимално можен. Бидејќи не е пресудно само она што македонските компании можат да го понудат на странците, туку и по која цена и во колкава количина тоа можат да го достават. сепак, штом соработката е неколкукратно зголемена во последните две-три години, сигурно може тој тренд да продолжи да расте. има многу тоа што може да се направи за да се помогне вмрежувањето на домашните компании и странските инвеститори, но на крај мора да се сфати дека станува збор за слободен пазар и дека самите.
две три години сигурно може тој тренд да продолжи да расте. Има многу тоа што може да се направи за да се помогне вмрежувањето на домашните компании и странските инвеститори но на крај мора да се сфати дека станува збор за слободен пазар и дека самите фирми мора да се наметнат“, вели Георгиева.
зошто соработката е мала?
Пред да се лоцираат причините зошто соработката на домашните компании слободните зони е мала и да постават насоките како таа да се зголеми треба да се има во предвид дека странските инвеститори се големи компании кои веќе имаат свои добавувачи на ниво на корпорации со кои соработуваат со години.. Процедурата да се стане добавувач и соработник на вака големи компании трае со месеци. Значи минимум пет-шест месеци се испитува производот пред да се одобри од централата на овие компании, па дури потоа започнува ригорозна процедура. Треба да се знае и дека процентот на производи кои се прифаќаат е навистина мал, бидејќи се работи за голема конкуренција. Сепак сите потврдуваат дека близината на македонските добавувачи кои малтене и немаат транспортни трошоци до зоните е незаменлива конкурентска предност која мора да се искористи. И самите добавувачи кои се веќе влезени
градежништвото најдобро етаблирано помеѓу странските инвеститори
с
амо за две години домашните градежници оствариле приходи во висина од 25 милиони евра преку нивниот ангажман во изградбата на капацитетите на странските инвеститори во зоните и изградбата на инфраструктурата во нив. тоа е повеќе од третина од вкупната сума на средства која ја инкасирале македонските компании како директен ефект од странските инвестиции. овие бројки го прават градежниот сектор најдобро етаблиран помеѓу странските инвеститори во земјава. според луѓе директно инволвирани во оваа работа, ваквиот факт се должи пред се на специфичноста на градежништвото како сектор кој во одредени сегменти не трпи преголеми транспортни трошоци. сепак според нив тука голема улога игра и ниските цени кои традиционални ги нудат македонските градежни компании и секако веќе меѓународно докажаниот квалитет на поголемиот дел од македонските градежници.
институции: да ги интензивираат напорите за вмрежување на Компаниите
www.kapital.mk
Капитал број 846 15.01.2016
40
Компании и пазари славе Јорданов
марКо обрадовиќ
о нашава работа не смее да има пропусти. досега не сме изгубиле клиент, бидејќи сè што имаме договорено имаме остварено и испорачано. мора да се биде професионален и кога ќе видите по повеќе години колкава доверба акумулирале клиентите во вас и со каква почит се однесуваат кон вашата компанија, тогаш ви се исплатува секој непроспиен час низ годините полни со бркање рокови, квалитети и норми.
рбија, најде ефикасен начин како да профитира од масовна изградба на производствени капаците во земјата кои се кај нас со намера да извезуваат во русија. секој производ кој се извезува од србија мора да има 51% домашни суровини во него. на тој начин странските инвеститори не ја искористуваат само србија, туку и србија и нејзиното стопанство бенефицираат од странските инвестиции “
извршен директор и сопственик на Тинг Кочани
в
во синџирот на соработката на странските инвестиции се објективни дека на крај сепак нивниот квалитет е пресуден за остварување на поголема соработка со странските инвеститори. „Со еден збор, само ние компаниите можеме да ги убедиме странските инвеститори за соработка, нудејќи им поповолно и со ист или сличен квалитет производи или услуги во однос на странските добавувачи од кои се снабдувале или се снабдуваат. Ниедна институција тука не смее и не може да им се меша на странските инвеститори од каде тие ќе се снабдуваат. Улогата на институциите ја гледам во тоа да им овозможат на странските инвеститори доволно информации за потенцијалите на македонските компании добавувачи“, вели Ѓорче Тодоровски од ТеТе Пласт. И кочанската компанија Тинг подолго време соработува со Џонсон Мети. Според сопственикот на Тинг, Славе Јорданов можно е да се влезе во соработка со секого но треба да се нуди квалитет. “Во нашава работа не смее да има пропусти. Досега не сме загубиле клиент, бидејќи сè што имаме договорено имаме остварено и испорачано. Мора да се биде професионален и кога ќе сфатите по повеќе години колкава доверба акумулирале клиентите во вас и со каква почит се однесуваат кон вашата компанија, тогаш ви се исплатува секој непроспиен час низ годините полни со бркање рокови,
Стопанска комора на Србија
с
квалитети и норми“, вели Јорданов.
Што може да се направи?
Од Стопанската комора на Македонија најавија дека поголемата соработка помеѓу домашните компании и странските инвеститори ќе биде еден од приоритетите на нивната работа за оваа година. Според извршниот директор на комората Јелисавета Георгиева , Комората заедно со Советот на странски инвеститори во изминативе две години лансирале и веќе користат разни алатки за вмрежување на домашните компании со странските инвеститори. „Она што може да заклучиме досега е дека иницијативите даваат резултати и соработката расте. Затоа планираме да продолжиме со многу поинтензивни напори во оваа насока. Веќе се воспостави принцип сите нови инвеститори да доаѓаат во комората и ние да им ги обезбедуваме сите можни информации за потенцијалните македонски добавувачи. Нормално секогаш може повеќе и затоа во претстојнава година очекуваме и другите институции поинтензивно да се вклучат во поврзувањето и вмрежувањето на домашните компании со странските инвестиции. Бидејќи ние може тоа да го пружиме, останатото е слободен пазар и мора да го направат самите компании“ Соседните земји, пак, многу поразлично и поефективно од нас го решаваат овој проблем.
Според Марко Обрадовиќ од Стопанската Комора на Србија, неговата држава нашла ефикасен начин како да профитира од масовна изградба на производствени капаците во земјата кои се таму со намера да извезуваат во Русија. „Во моментов во Србија има преку 1.300 словенечки компании и околу 500 од Хрватска. Исто така од Италија има масовна појава на доаѓање на инвеститори кои сакаат да извезуваат во Русија. Со доаѓање во Србија се формира заедничка компанија Италијанско Српска која е регистрирана како српска и на тој начин се извезува со 1% царина наместо со 10% како што би се извезувало од Италија за Русија.“ Обрадовиќ ни кажа и конкретно како Србија и српските компании најдиректно профитираат од овие странски инвестиции. „Секој производ кој се извезува од Србија мора да има 51% домашни суровини во него. На тој начин странските инвеститори не ја искористуваат само Србија туку и Србија и нејзиното стопанство бенефицираат од странските инвестиции “ вели тој. Сепак факт е дека Србија веќе со децении ги има договорите за слободна трговска размена кои толку и недостасуваат на Македонија и дека тоа ја прави моќна да поставува услови пред странските инвеститори. nnn
Компаниите: да понудат поголем Квалитет по понисКа цена
СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ
ОСИГуРувАњЕ
5
февруари
2016
Година на раст: Што Го движи осиГурителниот Пазар во Македонија? осигурителниот сектор расте во континуитет последниве години: само во првите три квартали лани вкупната осигурителна премија се зголемила за речиси 8%, додека животното осигурување продолжува да расте со двоцифрени стапки: заклучно со септември 2015 вкупната полисирана премија пораснала за дури 21%! сепак, и понатаму задолжителното осигурување на моторни возила останува убедливо водечки продукт во секторот со преку 50% учество. тоа укажува дека има уште многу простор за развој на осигурителниот пазар, а пред осигурителите уште многу работа за подигање на свеста за доброволните продукти. во специјалниот прилог “осигурување“ ќе анализираме што ја движи осигурителната индустрија, кои се продуктите со најголем пораст и каде е најголемиот потенцијал за иден развој на овој бизнис. Меѓу другото, во прилогот ќе може да прочитате:
l кој е кој во осиГурителниот бизнис во Македонија: компании со најголем раст на премиите изминатава година l интервјуа со Менаџерите на најусПеШните осиГурителни коМПании l животното осиГурување расте со двоцифрени стаПки: колкав е просторот за иден развој? l доброволното осиГурување сè уШте со ГолеМ Потенцијал за раст: ниска свесност кај граѓаните за заштита на своите имоти l анализираМе за вас: кои се најдобрите осигурителни продукти за бизнисите? кои се иновативните продукти што се појавија на пазарот изминатиов период? l осиГурување од одГоворност, Менаџерски осиГурувања... странските инвеститори најголеми корисници на новите осигурителни услуги
Повеќе информации во врска со прилогот и за претставување во истиот можете да добиете на е-мail: marketing@kapital.com.mk l gordana.mihajlovska@kapital.mk или на телефонскиот број ++ 389 2 3298 505
Лицe за контакт:
ГОРДАНА МИХАЈЛОвСКА
Рок за пРијавување: 18 јАНуАри 2016
ЕдноднЕвЕн трЕнинг за:
ВоВед Во НапредеН ExcEl за бизНис и фиНаНсии l 21.01.2016 (четврток) l 09:00-16:00 часот l во просториите на институт Концепт, Скопје беНефиции за Вас и Вашата оргаНизација:
l вработените користат Excel и до 8 часа на ден. од друга страна, само 1% од вработените во една компанија имале било каков вид на обука за работа во Excel. l овој тренинг објаснува напредни техники во Excel, со практични примери од бизнисот. l Примерите кои се користат се исклучиво од пракса.
предаВач:
проф. д-р зораН иВаНоВсКи
редовен професор на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје
КлучНи КараКтеристиКи На треНиНгот:
l тренер кој не е човек од ит секторот, но со конкретно бизнис искуство (контрола и финансии) l работа на практични примери (финансии, продажба, трошоци) l фокусиран, интензивен тренинг во еден ден l напредни техники во Excel на тренингот ќе се користат само бизнис примери од анализа на продажба, трошоци и финансии. за повеќе информации посетете ја нашата веб страна: www.koncept.com.mk
КОНТАКТ: м-р Ленче Зикова и м-р Бојана Делидинкова l e-mail: institut@koncept.com.mk l 02 3216 962
profile
www.kapital.mk
кој е новиоТ хрваТски премиер шТо сТана најбаранаТа личносТ на GooGle во регионоТ?
Тихомир орешковиќ премиероТ за кој хрваТска не знае нишТо, а очекува многу!
A
„Ако не знаеш нешто, прашај го Google. Google знае сè“. Ова е фразата која речиси секојдневно ја разменуваме, или пак посвесно самите себе си ја кажуваме, кога пребаруваме нова информација или податок кој сме го подзаборавиле. Сепак, последните политички случувања во Хрватска покажаа дека, да – Google знае речиси сè, но не баш сè. Ова е случај и за новиот хрватски мандатар, кој по месец дена натегања, го избраа политичките партии кои освоија најмногу гласови на последните избори и добија задача да состават влада. Иако во игра се споменуваа многу имиња, на политичари но и експерти, изборот на Тихомир Орешковиќ дојде на изненадување не само на пошироката јавност, туку и на поупатените во Хрватска кои секојдневно ги следат политичките настани во оваа земја. По самото соопштување на неговото име, како компромис кој падна по повеќедневните преговори меѓу „МОСТ“ и „ХДЗ“, во потрага по повеќе информации за новиот премиер – кој по прв пат во поновата историја на Хрватска е непартиски кандидат – јавноста но и домашните и новинарите од регионот се упатија на Google.
хрватска по прв пат во поновата историја избра премиер кој е непартиски кандидат. меѓутоа, анонимноста на новиот премиер силно ја подели хрватската јавноста- едни полагаат големи очекувања во него поради фактот што тој никогаш не бил во политика, а важи за одличен менаџер; други, пак, силно го критикуваат поради лошиот хрватски јазик и неискуството во политиката, па веќе проценуваат дека орешковиќ набрзо ќе биде сменет. ова особено поради тоа што, во преговорите за новите министри, новиот мандатар е речиси целосно исклучен
ЕдноднЕвна обука на тЕма:
Подготовка на финансиски извештаи и годишен извештај за работењето на друштвата l 28.01.2016 (четврток) l 09:00-16:00 часот l во просториите на Институт концепт, Скопје Цел на обуката:
Целта на обуката е обработка на специфичности од областа на меѓународниот Сметководствен стандард 1 – Презентирање на финансиските извештаи, како и основите за признавање и евидентирање на елементите на финансиските извештаи.
Марјан андонов, Партнер за ревизија
содржина на обуката: l l l l l
Предавачи:
l
Грант торнтон македонија Маја атанасовска, Сениор менаџер за ревизија Грант торнтон македонија
Рок за пРијавување: 26 јАНуАри 2016
l l
вовед во мСС 1 – Презентирање на финансиски извештаи; Подготовка на Извештај за финансиската состојба; Подготовка на Извештај за сеопфатната добивка; Подготовка на Извештај за промени во капиталот; Подготовка на Извештај за паричните текови; Подготовка на белешки кон финансиските извештаи; мСС 8 – Сметководствени политики, промена на сметководствени проценки и грешки; Годишен извештај за работењето согласно Законот за трговски друштва.
КОНТАКТ: м-р Ленче Зикова и м-р Бојана Делидинкова l e-mail: institut@koncept.com.mk l 02 3216 962
www.kapital.mk
Капитал број 846 15.01.2016
46
Profile
А таму, освен кратката биографија од неколку реда, речиси и да немаше информации за Орешковиќ. Така, како што пишуваат регионалните медиуми, Орешковиќ застана на најважната функција во државата – премиер- како лице за кое не само граѓаните на Хрватска не гласале, туку за поголемиот дел од нив, тој е целосен анонимус. До денес, јавноста се уште е поделена по прашањето дали Орешковиќ ќе успее да се снајде на оваа важна функција. За многумина, фактот што Орешковиќ е непартиска личност и менаџерското искуство што го има позади себе е доволна основа за вовед на Хрватска во нови и подобри води. Друга пак, веќе тврдат дека поради фактот што во преговорите за изборот на министрите не е вклучен Орешковиќ, туку разговорите се водат меѓу лидерите на Мост и ХДЗ, Божо Петров и Томислав Карамарко, Орешковиќ многу скоро може да биде заменет.
Кандидатурата за мандатар Орешковиќ го затекна на местото член на Надзорниот одбор на хрватската фармацевтска компанија Pliva Хрватската претседателка Колинда ГрабарКитаровиќ официјално му го предава мандатот на Орешковиќ за формирање влада Орешковиќ со лидерите на партиите, Божо Петров (МОСТ) и Томислав Карамарко (ХДЗ)
Кој е Орешковиќ?
Тихомир Орешковиќ, е роден во 1966 година во Загреб и поседува диплома по хемија од Универзитетот McMaster во Канада, каде во 1991 завршил и MBA студии насочени на финансии и на информатички системи. Кандидатурата за мандатар Орешковиќ го затекна на местото член на Надзорниот одбор на Pliva. По завршувањето на мастерот почнал со професионалната кариера (во 1992 година) работејќи во фармацевтската компанија Eli Lilly во Канада, на позиции во сегментот финансии и меѓународна трговија. Во Eli Lilly стигнал до местото директор за односи со државната администрација и економски работи, пред да ја продолжи кариерата во Novopharm, исто така во Канада, денеска членка на Teva групата, на функцијата потпретседател за развој и специјализирани производи, и главен финансиски директор. На Pliva и се придружил во 2009 година како главен финансиски директор за источна Европа, а во 2010 е именуван за главен финансиски директор за регионот EMIA
(источна Европа, Медитеранот, Израел и Африка). Во 2012 година бил именуван на позицијата претседател на Управата на Pliva од која го водел бизнисот на компанијата во регионот на југоисточна Европа. Според она што го напишал на професионалната мрежа LinkedIn, каде се појавува под името Тим Орешковиќ, како една од своите доблести и јаки страни кои ги потенцира е Cross Functional Team Leadership, нешто што многу ќе му треба, барем како што проценуваат хрватските медиуми, со оглед на не само мешаната влада, туку и различните ставови што двете партии ги имаат во однос на тоа кои промени треба да се воведат во земјата. Во првата изјава, дадена кога и официјално го доби мандатот од претседателката на Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ, Орешковиќ рече: „Ќе го вложам своето знаење и труд за
да формираме квалитетна Влада, и да почнеме да ги решаваме насобраните проблеми“ и го повика парламентарното мнозинство и останатите да го поддржат во овој правец. Пред да го добие мандатот, Орешковиќ скоро и да го нема во медиумите, а неговите појавувања најчесто биле поврзани околу работењето на Pliva каде тој го имаше претседателското место во Управата. Најголемата причина за тоа, можеби, како што пишуваат хрватските медиуми е фактот што Орешковиќ не го зборува многу добро хрватскиот јазик, со оглед на тоа дека поголем дел од својата кариера ја има во Канада. По неговата прва изјава за медиумите, откако го избраа за нов премиер, тој стана мета за критика, токму поради неговата кратка и несигурна изјава дадена на лош хрватски јазик. nnn
За штО ОрешКОвиќ, КаКО биЗнисмен, ја КритиКуваше свОевременО владата? XX недОвОлнО влОжување Од страна на државата „во стратешката индустрија резултатите од вложувањето мора да се мултиплицираат, а за тоа и државата треба да направи некои чекори. Пример, како големи инвеститори во истражувањето и развојот имаме право на државни повластици на пример во облик на даночни олеснувања. За жал, кон крајот на 2014 година успеавме да ги добиеме субвенциите дури за 2011 година. ако сакаме развој, треба да се унапреди дијалогот меѓу министерството за финансии, економија и здравство, а не министерството за здравство нас да не третира како трошок, а останатите од нас да очекуваат вложувања и отворање на нови работни места“. XX За раЗвОј на генерирачКи ПрОиЗвОди: „За жал, во Хрватска уште имаме клима која не поттикнува вложувања. Процедурите се сложени и долготрајни, законската легислатива пречесто се менува, а некои во администрацијата си допуштаат да ве префрлаат од еден референт на друг. владата прави помрднувања и менувања во однос на размислувањата и работата, но постојат многу
големи отпори за тоа. во Хрватска постои многу потенцијал, но мораме да се насочиме на конструктивни промени, а не да се бориме против нив. светот се менува со голема брзина и не може да функционира исто како пред 20 или 30 години“. Односот на државата кон фармацевтските компании: „Хрватска за жал има еден од најдолгите рокови за плаќање на ниво на еу, а воедно бележи и еден од најбрзите падови на цените на лековите. мислам дека е јасно дека ваков модел на функционирање на долг рок е тешко оддржлив, па затоа нужни се корективни чекори. Оптеретувањето и заштедите цело време се префрлаат во најголем дел токму на домашните производители кои во првите десет месеци оваа година направија повеќе од 200 милиони куни заштеда, што претставува 60% од вкупната заштеда на лекови. но на долг рок на никој не му е од интерес оптеретувањето да се префрла исклучиво на приватниот сектор оти со тоа се намалува изворот на финансирање за државата. би било штета за постигнување краткорочни ефекти, да се направат долгорочни штети“.
www.kapital.mk
Капитал број 846 15.01.2016
48
Start up
Каде ги вложуваат своите пари гејтс, Безос, Брин, заКерБерг... тие ги водат најголемите технолошки компании во светот, но исто така го помагаат и развојот на други иновативни стартапи. така, основачот на Microsoft поддржува развој на храна што ќе го замени месото и млечните производи, директорот на Google ја поддржува Tesla motors на илон Маск, додека сопственикот на Amazon има инвестирано во широк спектар на бизниси – од транспорт, па до нуклеарна енергија.
Б
Бил Гејтс од Microsoft, Џеф Безос од Amazon и Ерик Шмит од Google, се на врвот од листата на моќни бизнис фигури од светот
на технологијата, кои што се активни и како бизнис ангели. Според сајтот за технологија The Information, Гејтс, Безос и Шмит заедно имаат досега инвестирано во повеќе од 104 компании. Точниот износ на нивните инвестиции, како и сумите, не е познат, имајќи предвид дека повеќето инвестиции од овој тип не се објавуваат јавно. Извештајот на The Information наречен Insider List, наведува дека истовремено кога други ангели - инвеститори се и повеќе активни, инвестициите на оваа тројка се насочени во
бизниси кои што ја рефлектираат нивната лична страст кон поедини области, односно она што тие сметаат дека ќе биде иднината на технологијата. Во друштвото на овие тројца се и останатите милијардери, основачи, сопственици и директори на светски технолошки гиганти, како Марк Закерберг од Facebook, Сергеј Брин од Google, итн. Еве кус преглед на бизнисите каде што најмоќните луѓе од технолошките индустрии во светот инвестираат. nnn
сергеј Брин ко-основачот на Google
и
сто како и Бил гејтс, поддржува компании од секторот биотехнологија, но и развој на автомобили, дизајн на ракети... XX 23andMe, биотехнолошка компанија од Калифорнија, која што нуди услуги на генетско тестирање и негова интерпретација на индивидуални корисници. XX -Tesla motors, чиј што основач и сопственик илон Маск веќе и самиот стана славен претприемач во светски рамки, исто така има добиено финансиска поддршка од Брин. покрај дизајнот на електрични автомобили, Tesla се насочи и кон развој на решенија за складирање енергија, а иновативните идеи на Маск едноставно немаат крај.
портфолио: саМо гејтс (MicrosofT), Безос (AMAzon) и ШМ
www.kapital.mk
Капитал број 846 15.01.2016
49 Бил ГЕјтС
Основачот на Microsoft
П
оддржува компании од секторите биотехнологија, медицина, социјално претприемништво и др. XX mpossible Foods, која што користи молекуларна технологија за да создаде алтернативи за месо и млечни производи од билки и житарки. XX Nimbus Therapeutics, биотехнолошка компанија која што развива лекови за канцер, автоимуни болести, итн. XX Change.org, која што е онлајн платформа за мобилизирање на поддршката за разни социјални прашања.
мАрк ЗАкЕрБЕрГ
основачот и директор на социјалната мрежа Facebook
и
сто така е познат како човек што сака финансиски да поддржува иновативни стартапи од различни технолошки области. XX AltSchool, проект на претприемачот макс Вентила, поранешен вработен во Google, кој што вели дека сака да го револуционизира архаичниот школски систем во САД, нудејќи иновативни образовни платформи за деца, каде што, на пример, во исто одделение ќе може да бидат ученици од различна возраст. XX Vicarious, стартап од Силиконската долина што се занимава со вештачка интелигенција, основан од претприемачот со индиско потекло Дилеп Џорџ.
ЏЕф БЕЗОС
Претседател и главен извршен директор на Amazon
и
нвестира во широк спектар на стартапи и познат е како вложувач во рана фаза во сега веќе мега компании како Uber, Airbnb и Twitter. XX Convoy, која што им помага на сопствениците на камиони да најдат и договорат зделка, односно превоз со нивните возила. XX Funbox, која што менаџира со плаќање на истечени фактури, па така професионалците од типот на занаетчии, фриленсери и сл., да избегнат проблеми со ликвидноста. XX General Fusion, која што развива технологија за креирање чиста енергија од нуклеарната фузија.
Ерик Шмит Претседател на Alphabet
к
омпанијата мајка на Google, инвестира во повеќе сектори, од менаџирање на огромни бази на податоци (big data), on-demand услуги, до медицински технологии. XX Periscop Data, стартап што им помага на научниците што се занимаваат со обработка на огромни бази на податоци да изградат детализирани визуелизации. XX Стартапи во областа на on-demand услугите, како Blade и Roadie. Blade е компанија за логистика на хеликоптери, која што веќе ја нарекуваат “Uber за хеликоптери“. Roadie, од друга страна е стартап со многу интересен бизнис концепт. компанијата организира испорака на пратки користејќи го празниот простор во возилата на луѓето. Да речеме, сакате да испратите нешто некому, со помош на нивната апликација се поврзувате со тој што оди во правец на примачот на пратката и за одреден надомест тој ќе ја испорача. XX Doctor on Demand. Овој стартап нуди онлајн видео консултации со илјадници лекари во САД.
мит (AlPhABeT) ЗАЕДнО имААт инВЕСтиции ВО 104 СтАртАПи
www.kapital.mk
Капитал број 846 15.01.2016
50
технологија
CES 2016 лас вегас
најголемото шоу за потрошувачка електроника во светот
н
Најголемата изложба за потрошувачка електроника во светот, CES (Consumer Electronics Show) и годинава беше спектакл и најголема прослава за вљубениците во технологијата, но, впечаток е дека не понуди некои особени изненадувања - сè подлабокото навлегување во ерата на интернетот направи сите новини што би изнудиле најголеми импресии на датумите од шоуто во Лас Вегас да се разберат
предвреме. И експертите/медиумите кои си заминаа од CES со најдобри впечатоци не зборуваат за револуционерни новини, туку најмногу за драматични исчекори во виртуелната реалност, во автомобилизмот, во роботиката. Дел од нив процесот го нарекоа еволуција, која е сè побавна, во смисла дека голем дел од технологијата, а особено уредите, веќе го достигнале својот пик, дотолку што на масовните потрошувачи не им е лесно да видат зошто, на пример, лаптоп од 2015 година би требало да е значајно помоќен од модел стар две или три години. Она за што најмногу се зборуваше на и по CES 2016 е следново:
FFZero 1
1
Поврзаното со паметните возила беше толку присутно на овогодинешниот CES, што репортерот за технологија на Yahoo Tech, Даниел Хаули, дури искоментира дека „CES постепно се претвора во автомобилска изложба“. BMW, Ford, Mercedes ... се меѓу производителите на автомобили што се
претставија во Лас Вегас. Од она што можеше да се види, автомобилите стануваат сè попаметни, ќе можат да се поврзуваат со паметните домови, да бидат управувани на нови начини, преку гестови и целосно дигитални интерфејси ... Компанијата Faraday Future го претстави моделот FFZero 1, автомобил што изгледа како дизајн замислен за во научно-фантастичен филм. Седиштата на FFZero 1 се развиени во соработка со NASA, како и иновативните аеродинамички решенија. Возилото има паметен систем на автономно управување што се поврзува со смартфон. Електричниот мотор може да „развие“ над 1000 коњски сили, а до „стотка“ забрзува за помалку од 3 секонуди, при што максималната брзина е 322 km/h. Сериско производство се очекува за две години.
Nvidia Drive PX 2
2
Nvidia, пак, претстави компјутер, силен колку 150 Macbook Pro лаптопи на Apple, кој на автомобилите што возат сами ќе им помага
CES2016: немаше револуција - само еволуција забавен
www.kapital.mk
Капитал број 846 15.01.2016
51
секогаш да носат вистински и навремени одлуки во навигацијата низ градските улици преполни со непредвидливи ситуации. Drive PX 2 е течно ладен дванаесеттојадрен суперкомпјутер за автономни возила, што може да испорача дури 24 илјади милијарди операции на длабочинско учење во секунда, благодарение на што може да користи вештачка интелигенција за самиот да се пограмира за препознавање на ситуации што може да се случат во тек на возењето.
паметни далечинско, будилник, кревет ...
3
Паметниот далечински управувач на Sevenhugs „разбира“ кон каков уред нишаните со него и според тоа автоматски ги менува функциите на копчињата на сензорниот дисплеј. Францускиот козметички гигант L'Oréal на CES претстави паметна лепенка што следи колку ултравиолетови зраци стигнуваат до кожата на корисникот кој добива предупредувања преку менување на бојата на лепенката. Истата оди заедно со апликација за смартфон што ги анализира резултатите и дава совети. На CES 2016 беше понудено и решение за цврстите спијачи, односно за оние кои потешко се будат. Sensorwake е изум на француски тинејџер, и е будилник што наместо со гласен звук, буди со пријатни мириси. А ако сте меѓу оние кои тешко заспиваат, тогаш можеби ќе ви помогне Sleepion на американската компанија Cheero - уред што прави приспивна атмосфера користејќи 16 различни звучни шумови, додека синхронизирано со звучните
вибрации пушта ароми за опуштање. Во оваа категорија спаѓа и паметниот кревет Sleep Number, чии сензори го следат отчукувањето на срцето, нивото на стрес, телесната температура, движењата ..., а тој (креветот) ги анализира сите тие податоци и ве советува кога е најпрепорачливо да отидете на спиење. Sleep Number има можност и за автоматско подесување на цврстината на душекот. Креветот се очекува на пазарот во тек на летото, во шест големини и по цена од 1.000 долари.
екраните на Samsung проѕирни, без рабови што ќе покажат дека она што го гледате не е реално
4
Корејскиот гигант Samsung претстави новини во линијата уреди за дигитално огласување, при што посебен акцент беше ставен на видео-ѕидовите со најтенок раб на светот. Проширена е Samsung понудата на LED панели за огласување, наменети за деловните, малопродажните, спортските, транспортните, забавните ... опкружувања. Зголемениот квалитет на приказот е од подобрените диоди и конфигурациите со погуст распоред. Во Лас Вегас Корејците го покажаа и својот концепт за електронска продавница на иднината. Вклучително и концепти на огледални и проѕирни OLED екрани. Кога купувачот ќе влезе во продавницата на влезот го дочекува огледален дисплеј наменет за интеракција и натамошно насочување низ посакуваниот дел од продавницата. Екранот е рефлективен 65%, а нуди проѕирност
CES останува спектакл, но не и шоу на кое се промовираат големи новини. Така е кога сè што би можело да нè остави со подзинати усти на најголемата изложба за потрошувачка електроника во светот, во ерата на интернетот го дознаваме предвреме, односно, премногу навреме
од 90%, и благодарение на дизајнот без рамка особено длабочински ги прикажува содржините - имате чувство дека можете да влезете во сликата. На CES беше претставена и апликацијата Groceries by MasterCard, што овозможува директно купување продукти преку фрижидерот Samsung Family Hub (на лице место можете да видите што имате, а што ви недостасува во фрижидерот, и да направите порачка), со создавање и уредување на листата на продукти и со додавање на истите во кошничката за купување. Корисниците ќе може да купуваат од интернет продавниците FreshDirect и ShopRite - синџирите со по над 250 продавници во САД.
Lenovo ќе го прави првиот телефон од проектот Tango на Google
5
Проектот Tango е осмислен во Advanced Technology and Projects одделот на Google, во кој работат и поранешни експерти од Motorola, а кои изработиле технологија што на мобилните уреди им дава „очи“, односно, способност за стереоскопско снимање и изработка на тридимензионални мапи на просторот во кој се наоѓаат, а со помош на напреден систем на сензори и камери. Во оваа технологија што досега беше експериментална, на CES беше објавено дека се вклучува Lenovo - Кинезите во соработка со Google ќе го произведат првиот комерцијален телефон од проектот Tango, со цена, наводно, до 500 долари. Уредот би требало да се појави на пазарот во втората половина од 2016 година. nnn
На од посТигНаТиоТ пик кај ТехНологииТе и уредиТе
www.kapital.mk
Капитал број 846 15.01.2016
52
Лидерство
РЕКОА ЗА ...
СООЧУВАЊЕ СО БИЗНИС ПРЕДИЗВИЦИТЕ
С Доколку вашите клиенти се жалат на вашите производи или вашиот бизнис, имајте го на ум ова: вашите најнесреќни клиенти се најголемиот извор на учење
о оглед на тоа дека економската криза и најавите за нејзино трето продолжение секојдневно им носи главоболки и нови предизвици на претприемачите и компаниите, еве дел од мантрите на познатите бизнисмени за тоа како тие се соочуваат со проблемите и како пристапуваат за да дојдат до решение.
Бил Гејтс
основач на Мајкрософт
Ворен Бафет бизнисмен
Доналд Трамп
Некогаш е потребно да ја загубите битката со цел да најдете нов начин да излезете победник во војната
бизнисмен
Вашето време е ограничено, затоа не го трошете на нечиј друг живот. Не бидете фатени во догма – односно да живеете по она што другите го очекуваат од вас.
Проблемите со кои се соочуваме не може да бидат решени доколку размислуваме исто како и во моментот кога сме ги создале
Алберт Ајнштајн
физичар
Кога имате дилема за две идеи, од кои едната е побезбедна, а другата поризична, решението е следно: „Не се плашете да се откажете од нешто што е добро, за да постигнете нешто што е одлично
Без разлика колку добри таленти имате или колку сте упорни, за некои работи треба време. Не може да направите бебе во еден месец со тоа што ќе направите девет жени бремени
Џон Рокфелер бизнисмен
Стив Џобс основач на Apple
Томас Вотсон основач на ИБМ
Секогаш кога имаме напредок во ИБМ, тоа е поради тоа што некој беше ентузијаст да преземе ризик и да направи нешто ново. Сите проблеми во светот може да бидат решени само ако луѓето сакаат да размислуваат
Капитал број 846 843/844/845 15.01.2016 25.12.2015
www.kapital.mk
лидери лидери 54 54
Мери Бара
извршен директор на General Motors
Без разлика што ќе одлучите да правите, правете го тоа со пасија и со целата енергија што ја поседувате!
в
во 2015 година, угледниот магазин Fortune ја рангира извршната директорка на General Motors, Мери Бара на првата позиција најмоќна жена во бизнис секторот. има и зошто. во нејзината втора година на чело на најголемата компанија за производство на автомобили - General Motors, Бара успеа да ја извади
компанијата од сенка и повторно да ја направи видлива и поуспешна на меѓународните пазари. пазарната вредност на оваа компанија се проценува на 45, 4 милијарди долари, а приходите во 2014 изнесуваа 156 милиони долари. еве некои од нејзините мантри што ја водат низ водењето на овој бизнис:
Кога ја создавате вашата мрежа од ментори, прво бидете искрени за вашите средни и долгорочни цели во кариерата, и за тоа колку силно сте подготвени да работите за да ги постигнете. Потоа обратете им се на оние што најдобро ве познаваат вас и вашата работа. Заработете ја нивната почит и доверба оти само така ќе ги убедите во вашите намери
Најголемата лекција што ја научив, и ја носам со себе секогаш кога имам проблем, голем или мал, е следната: ако имате проблем, мора веднаш да го решите. Оти тој проблем само ќе станува поголем и поголем во наредните месеци. А уште поголем во наредните години. Но никогаш со тек на времето нема да стане помал
Не се нешто во животот бара промена. Некои работи имаат потреба од заштита. А тоа може да биде исто толку важно, предизвикувачки и да донесе резултати како и промената на светот
Мојата дефиниција за „иновација“ е обезбедување вреден продукт за клиентите“„Ако ги освоите срцата и разумот на вашите вработени, ќе имате многу подобар бизнис успех
Двајцата мои родители беа родени и пораснати во времето на големата депресија. Тоа им овозможи да инсталираат големи вредности за интегритетот и значењето на посветена и напорна работа, а јас таа лекција ја носам со мене за секоја работа
Без разлика што ќе одлучите да правите, правете го тоа со пасија и со целата енергија што ја поседувате