АНАЛИЗА КАКО ЌЕ СЕ ДВИЖИ ПАЗАРОТ ЗА НЕДВИЖНОСТИ ВО МАКЕДОНИЈА ВО 2016
БИЗНИСОТ ТОНЕ ВО НЕИЗВЕСНОСТ КОИ СЕ ПРВИТЕ ЖРТВИ НА КРИЗАТА?
Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...
ИЗВОЗНИ СТРАТЕГИИ КАКО ДА СЕ ОСВОИ АЛБАНСКИОТ ПАЗАР?
WWW.KAPITAL.MK
43,1%
41,4%
343
41,8% 41,3%
365
424
386
Податоци од Буџетот на Министерството за финансии
УДЕЛ ВО ВКУПНИОТ БУЏЕТ НА ПИОМ
37,9% 35,4% 33,9%
33,5%
228
231
2009
2010
285
255 2011
2012
ТРАНСФЕРИ ОД ДРЖАВНИОТ БУЏЕТ ДО ПИОМ (МИЛИОНИ ЕВРА)
2013
2014
2015
2016
ИСПЛАТАТА НА ПЕНЗИИ СТАНУВА СЕ ПОЗАВИСНА ОД БУЏЕТОТ
ДРЖАВНИОТ ПЕНЗИСКИ ФОНД ИМА ПАРИ САМО ЗА ПОЛОВИНА ОД ПЕНЗИОНЕРИТЕ!
СПОЈУВАЊАТА И ПРЕЗЕМАЊАТА НА РЕКОРДНО НИВО МАКЕДОНИЈА СТАНУВА НЕИНТЕРЕСЕН ПАЗАР! БРОЈ 847 | ЦЕНА 100 ДЕН. 22 ЈАНУАРИ, 2016 | ПЕТОК | ГОДИНА 17
Давос 2016: Светот тоне во нееднаквост
3
Капитал број 847 22.01.2016
СОДРЖИНА
18 04 profile ВАРУФАКИС
28 И ПАзАРИ 28 КОмПАНИИ Преземањата ќе ја
СО НОВО ДВИЖЕЊЕ ЌЕ ЈА СПАСУВА ЕУ
одбележат и 2016 година Во регионот растат спојувањата и преземањата, Македонија не е интересен пазар!
08 НАВИГАТОР Цената на нафтата ќе се
удави во сопствените залихи Светот пред нафтен шок
10 16
cover story
34
Исплатата на пензии станува зависна од буџетот Државниот пензиски фонд има пари само за половина од пензионерите!
КАПИТАлНО
Партиската држава е името на проблемот
18 Бизнисмените бараат спас
КОмПАНИИ И ПАзАРИ за инвестициите и извозот
22 Како ќе се движи real estate
пазарот за недвижности во македонија во 2016
44
ДАВОС 2016
48
ceo Profile
Најмоќните, најславните и најбогатите кројат план за иднината на светот ПОл БАлКЕ
извршен директор на Nestle
Како е да се води најголемиот производител на храна во светот
КОлУмНА
АлЕКСАНДАР ЦЕКОВ истражувач во ЦИКП
Буџетска транспарентност и отчетност на институциите на централно ниво Дали вратата е затворена?
36
40
50
40 СВЕТ Техеран го
задоволи западот Збогум за санкциите, добредојде за Иран на економската сцена
РОБЕРТ ХОГАН
експерт за лидерство и организациска ефикасност
Добро лидерство е способност на формирање и водење на тим со голема ефикасност
ИзВОзНИ СТРАТЕГИИ Како да се освои т три милионски пазар на соседна Албанија?
ИНТЕРВЈУ
52
лИДЕРСТВО
54
лИДЕРИ
РЕКОА зА... политичките избори и гласањето ХАУАРД ШУлЦ
основач на Старбакс
луѓето сакаат лидерство, не реторика
ПЕНзИИ
ПАзАР НА НЕДВИЖНОСТИ
СПОЈУВАЊА И ПРЕзЕмАЊА
За да ги исплати пензиите на сите 307.162 пензионери годинава од 791,3 милиони евра, државниот пензиски фонд ќе добие од Владата 423,5 милиони евра, што е повеќе од половина од парите потребни за целосна исплата на пензиите. Експертите коментираат дека финансиската состојба на ПИОМ се влошува затоа што трошоците за пензии се зголемуваат повеќе отколку што растат приходите од пензиските придонеси.
Инвеститорите, компании и физички лица, ќе продолжат и годинава засилено да градат повеќе станови во Скопје, што значи дека притисокот врз цените ќе остане и тие се очекува благо да паднат, не повеќе од 2-3%. Кај деловниот простор, особено кај квалитетниот канцелариски простор, заради ограничената понуда и немањето нови проекти на повидок, а зголемената побарувачка, се очекува поскапување на кириите.
Вредноста на македонските компании е драс тично намалена, но тоа повторно не е причина за тие да станат интересни за преземање од странски компании. Иако на пазарот во регионот и на глобално ниво се случува прераспределба на капиталот и на бизнисот како никогаш досега, кога големите играчи купуваат сè што може да се купи, во Македонија нема такви бизнис случувања.
XX Стр. 10
XX Стр. 22
XX Стр. 32
Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје l Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31 l П. ФАХ 503, 1000 Скопје l Основач и директор: Љупчо Зиков l Одговорен уредник: Биљана Здравковска Стојчевска l Печати: Графички центар Скопје, ул. Скупи бб, 1000 Скопје l Тираж: 3.000 примероци l Датум на печатење: 21.01.2016
profile
www.kapital.mk
“
Илузија е дека козметичката реформа на постоечките европски институции е доволна.
ЛЕВИЦАТА ТРГА ВО ПОХОД ОД СРЕД БЕРЛИН
ВАРУФАКИС СО НОВО ДВИЖЕЊЕ ЌЕ ЈА СПАСУВА ЕУ Европската ѕвезда на левицата, Јанис Варуфакис во сред Берлин ќе го промовира новото паневропско движење, со перспектива да прерасне во партија, Демократија во Европа 2025 (Democracy in Europe Movement 2025 – DiEM), преку кое сака да ги мобилизира истомислениците за радикална демократска реформа во Европската унија.
Капитал број 847 22.01.2016
e
Европската ѕвезда на левицата, Јанис Варуфакис, кој ваков статус и популарност доби како министер за финансии на Грција, го основа паневропското движење, со перспектива да прерасне во партија, Демократија во Европа 2025 (Democracy in Europe Movement 2025 – DiEM), преку која сака да ги мобилизира истомислениците за радикална демократска реформа во Европската унија. „Или ќе биде демократизирана, или ЕУ за десет години ќе ја снема“, смета Варуфакис. Новата иницијатива ќе биде претставена на 9 февруари во берлинскиот театар Volksbühne, каде разговорот со Варуфакис ќе го води хрватот Среќко Хорват. Поранешниот министер за финансии во Владата на Алексис Ципрас сака истовремено да понуди алтернатива и на недемократските европски структури и на политиката на затворање на националните граници. Можноста движењето да прерасне во партија ја одредува амбицијата Демократија во Европа 2025 да излезе како фактор на некои идни европски избори. Хорват, кој е истомисленик на Варуфакис, за хрватски Јутарњи лист, открива дека токму иницијаторот на движењето (Јанис) предложил лансирањето на идејата да се случи во Volksbühne, како симболичко место на плоштадот Роза Луксембург. На претставувањето на DiEM највено е доаѓањето на претставници на сите поважни левичарски и зелени партии од ЕУ, од германски Die Linke и SPD, преку британските Лабуристи и Зелени, до шпански Podemos, ирскиот Sinn Fein и словенечката Združena levica. Поддршка за движењето на Варуфакис дадоа формати на каузата од видот на Славој Жижек, Џулијан Асанж, Брајан Ино … Влезниците за настанот/промоцијата се распродадени за два-три дена, а од посебната сала ќе има live-stream со директен online пренос. По овој централен настан DiEM ќе биде претставен по градовите на ЕУ. „Идејата тргна од искуството што Јанис Варуфакис го доби како министер за финансии на Грција, како одговор на сознанието дека дури ниту премиерите, претседателите и министрите за финансии немаат релевантна политичка моќ во денешната ЕУ, каде најважните одлуки се носат зад затворени врати. Европскиот парламент одамна е фарса, таму не се носат никакви одлуки. Најважните одлуки ги носи Еврогрупата, која не одговора пред никого и не е под јавна контрола“,
profile
5
Новата иницијатива ќе биде претставена на 9 февруари во берлинскиот театар Volksbühne, каде разговорот со Варуфакис ќе го води хрватот Среќко Хорват. Европскиот парламент одамна е фарса, таму не се носат никакви одлуки. Најважните одлуки ги носи Еврогрупата, која не одговора пред никого и не е под јавна контрола
објаснува Хорват. Името на движењето се однесува на поставената цел – ЕУ да биде демократизирана до 2025, а ако не биде, се соочува со тоа воопшто да ја нема. DiEM значи и Carpe Diem, односно, да се искористи шансата, сега или никогаш. Излегувањето од ЕУ и враќањето на националните држави не е решение. „За разлика од движењата и партиите, без разлика дали се од левицата или од десницата, а кои се залагаат за излегување од ЕУ, ние сметаме дека враќањето на националните држави не е решение. Се залагаме за радикален интернационализам. Илузија е дека козметичката реформа на постоечките европски институции е доволна. Потребно е силно паневропско движење што на нивото на целата Унија ќе успее радикално да ја промени постоечката состојба, користејќи ја дури и примената и измената на постојните спогодби“, вели Хорват, објаснувајќи ја идејата на Варуфакис. ЕУ лани, смета тој, најмалку три пати покажа дека нема да преживее ако радикално не ја промени својата економска и политичка стратегија. „Најпрво летоска со Грција, кога сите финансиски сили на ЕУ, од Европската
централна банка до приватните банки, се обединија за 62% од гласовите кои велеа „не“ за мерките на штедење од грчкиот референдум, да ги претворат во „да“ за мерките, поради што Ципрас потклекна и го потпиша третиот меморандум што е противречен со скоро секоја ставка од таканаречената Солунска програма. Втор пат со бегалската криза која како бумеранг се врати во центарот на Европа, меѓу другото и поради нашите интервенции во Либија и во Сирија. Луѓето кои гинат и се дават во морињата, ѕидовите што се подигаат во Унгарија или меѓу Словенија и Хрватска се против самата идеја за Европа. И трет пат со терористичките чинови во Париз, не поради исламистичкиот тероризам што би бил сериозна закана за ЕУ, туку поради безбедносната надворешна политика на ЕУ што предизвикува и го носи тој тероризам во самото срце на ЕУ“, вели Хорват. Тој последниве денови се гледал со Асанж, во еквадорската амбасада во Лондон, и тврди дека основачот на WikiLeaks живо е заинтересиран како ќе се развива инцијативата на Варуфакис. nnn
6
Капитал број 847 22.01.2016 издава: Капитал Медиа Гроуп основан 1999 година основач: Љупчо Зиков бул. ВМРО бр.7, зграда 1, влез 1, кат 6, стан бр.31
тел. ++ 389 2 3280 910 www.kapital.mk www.facebook/KapitalMK
Претплатете се на КАПИТАЛ...
АНАЛИЗА
И
ЕВРОПСКАТА ЕНЕРГЕТСКА ЗАЕДНИЦА ПРЕДУПРЕДУВА: МАКЕДОНИЈА Е ЗЕМЈА СО ЗАРОБЕН ЕНЕРГЕТСКИ ПАЗАР!
Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...
ГОДИНИ
дејата и визијата за тоа што сакаат да направат, беше највредниот капитал кој го COVER STORY поседуваа луѓето што ја почнаа приказната КОЈ УПРАВУВА СО за Капитал пред повеќе од 15 години. Со МАКЕДОНСКАТА макотрпна и посветена работа на својот тим, ЕКОНОМИЈА? магазинот се наметна како еден од најрелевантните извори на квалитетни информации во Македонија и регионот, значајни за приватниот, јавниот и невладиниот сектор. Да се биде лидер на пазарот во својот сегмент е голема чест и задоволство, но и голема обврска кон сите што секоја недела нетрпеливо го чекаат Капитал да ги информира за економските проблематики и актуелности, но, и да ги едуцира со своите содржини за најновите трендови. СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ АВТОМОБИЛИ Капитал се чита во директорски канцеларии, Капитал АВТОМОБИЛСКИОТ ПАЗАР УШТЕ СЕ БУДИ ОД КОМА се чита во кабинети на политичари, Капитал се чита КОЈ ЌЕ ПРЕЖИВЕЕ, ЌЕ РАСКАЖУВА АНАЛИЗА: КОЛКУ “ТЕЖИ” СПЕЦИЈАЛНИОТ ТИМ НА ОБВИНИТЕЛИ? на универзитети, институти, “тинк-тенк” центри.... едноставно Капитал е секаде кај што се со годишна донесуваат одлуки и креираат п ретплата од политики и стратегии. БИЗНИС И ПОЛИТИКА КАКВА ВИЗИЈА ИМА СДСМ ЗА МАКЕДОНИЈА?
Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...
АВТОМОБИЛСКИОТ ПАЗАР УШТЕ СЕ БУДИ ОД КОМА
специјален прилог
АВТОМОБИЛИ
КОЈ ЌЕ ПРЕЖИВЕЕ, ЌЕ РАСКАЖУВА
АВТО САЕМ ФРАНКФУРТ 2015 КОИ НОВИ МОДЕЛИ МОЖЕ ДА ГИ ВИДИМЕ НАСКОРО И НА МАКЕДОНСКИТЕ ПАТИШТА?
WWW.KAPITAL.MK
БРОЈ 833 | ЦЕНА 100 ДЕН. | 16 ОКТОМВРИ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16
Во време кога квалитетната информација е најскапоцен ресурс, не дозволувајте да останете без најскапоценото. Станете и вие дел од семејството на редовни читатели на Капитал и искористете ги поволните пакети за претплата што ги подготвивме за вас.
4.100 20%
Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...
COVER STORY
ГОСПОДАРИ НА МАКЕДОНИЈА КОЈ Е ГАЗДА НА НАЈМОЌНИТЕ МАКЕДОНСКИ КОМПАНИИ? ВОДИЧ КАКО ДА ОТВОРИТЕ ФИРМА ВО РЕГИОНОТ?
денари, заштедете
УШТЕ 20 ИЛЈАДИ МАКЕДОНЦИ СИ ЗАМИНАА ЗА ЕДНА ГОДИНА.
ДОСЕГА ОТСЕЛЕНИ
600.000
ДАЈТЕ НИ ПАТИШТА И СЛОБОДНИ ГРАНИЦИ, ЗА БИЗНИС ЌЕ СЕ ДОГОВОРИМЕ! РАМКОВЕН ДОГОВОР: ЗА ОСУМ ГОДИНИ ПОТРОШЕНИ НАД 73 МИЛИОНИ ЕВРА!
COVER STORY СЕКОЈА ТРЕТА ДРЖАВНА КОМПАНИЈА Е ВО ЗАГУБА. КОЈ ЌЕ ПОНЕСЕ ОДГОВОРНОСТ?!
6 месечна претплата 2.200 денари 12 месечна претплата 4.100 денари со вклучени 20% попуст
24 месечна претплата 6.100 денари со вклучени 40% попуст
КАПИТАЛ АНАЛИЗА ЦЕНИТЕ НА СУРОВИНИТЕ ВО АМБИС. МАКЕДОНСКАТА ИНДУСТРИЈА ОЧЕКУВА ЦРНИ СЦЕНАРИЈА
ПОЛИТИКА ВИКТОРИЈА НУЛАНД ВО СКОПЈЕ НЕ ДОАЃА СО МАГИЧНО СТАПЧЕ... НО, МОЖНО Е ДА ДОЈДЕ СО БОКСЕРСКИ РАКАВИЦИ ?!
со вклучени 15% попуст
АНАЛИЗА ФИРМИТЕ НЕ МОЖАТ НИКАКО ДА СЕ НАПЛАТАТ ОД ДРЖАВАТА!
КАПИТАЛ АНАЛИЗА НАД 660 МИЛИОНИ ЕВРА ИСПЛАТЕНИ СУБВЕНЦИИ, А УВОЗОТ НА ХРАНА ЗГОЛЕМЕН ЗА 80%!
Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...
КОМПАНИИ И ПАЗАРИ РУСКОТО ЕМБАРГО ЌЕ ГИ ПРЕПЛАВИ МАКЕДОНИЈА И БАЛКАНОТ СО ЕВТИНИ ТУРСКИ ПРОИЗВОДИ?!
WWW.KAPITAL.MK
Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...
КОЈ И ДА БИДЕ НА ВЛАСТ, НЕКА МУ ЈА МИСЛИ ЗА ТРИ ГОДИНИ ДРЖАВАТА ТРЕБА ДА ВРАТИ ДОЛГ ОД
ГРЧКОТО “НЕ” ГО СТАВИ НА ТЕСТ ЛИДЕРСТВО НА МЕРКЕЛ И ИДНИНАТА НА ЕВРОЗОНАТА
СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ
COVER STORY
ТУРБУЛЕНЦИИ
НА ЕВРОПСКИОТ ТЕЛЕКОМ ПАЗАР И МАКЕДОНИЈА ЗАФАТЕНА ОД БРАНОТ ПОЛИТИКА
SKI & SPA
ШТО ПО ЛИДЕРСКАТА СРЕДБА ВО ПОНЕДЕЛНИК?!
ВОДИЧ ЗА ЗИМУВАЊЕ
СУПЕРМАРКЕТИТЕ ПЛАЌААТ КОГА САКААТ, КОЛКУ САКААТ И КАКО САКААТ
КАПИТАЛ SPECIAL
ТОП 100 ИЗВОЗНИ ПРОИЗВОДИ
АНАЛИЗА
2015/2016 КОЈ ГО ВЛЕЧЕ МАКЕДОНСКИОТ ИЗВОЗ? НАЈДОБРИТЕ СКИЈАЧКИ ЦЕНТРИ НА БАЛКАНОТ И ВО РЕГИОНОТ НАЈДОБРИ СПА И ВЕЛНЕС ЦЕНТРИ
НАЈДОБРИТЕ РЕСОРТИ ЗА ОДМОР СО ДЕЦА ЗИМСКИТЕ СПОРТОВИ: СКИИ, СНОУБОРДИ, САНКИ ГОЛЕМА ИНВЕСТИЦИЈА НА WELLNESS МАКСТИЛ ОД 22 МИЛИОНИ ЕВРА ИНСТРУКТОРИТЕ ЈОРДАНОВ: МЕТАЛУРШКИТЕ КОМПАНИИ ВО ЦЕЛИОТ СВЕТ ИМААТ ПОСЕБЕН ПРЕПОРАЧУВААТ: ТРЕТМАН ОД ДРЖАВАТА ВЕЖБИ И ХРАНА БИЛДЕРБЕРГ: КАКВАИИДНИНА ЗА РЕЛАКСИРАН ЗДРАВ КРОИ СВЕТСКАТА ВЛАДА? ПОМИН НА ЗИМСКИТЕ БРОЈ 817 | ЦЕНА 100 ДЕН. | 26 ЈУНИ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16
WWW.KAPITAL.MK
МЕСЕЦИ
СОВЕТИ КАКО ДА ОСТАНЕТЕ ФОКУСИРАНИ И ПРОДУКТИВНИ ОВАА ЗИМА
СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ
SKI & SPA ВОДИЧ ЗА ЗИМУВАЊЕ 2015/2016
1,1
МИЛИЈАРДИ ЕВРА
ЕУ МОРА ДА СЕ МЕНУВА ЗА ДА ПРЕЖИВЕЕ Б НА РЕГИОНАЛНА БИЗНИС НАГРАДА
PROFILE
МАТЕ РИМАЦ хрватски претприемач
СВЕТ: ИСЛАМСКАТА ДРЖАВА ЗА СВОЈАТА ГОДИШНИЦА УДРИ НА ТРИ КОНТИНЕНТИ ДВОБРОЈ 819/820 | ЦЕНА 100 ДЕН. | 10 ЈУЛИ/17 ЈУЛИ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16
WWW.KAPITAL.MK
БРОЈ 832 | ЦЕНА 100 ДЕН. | 9 ОКТОМВРИ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16
WWW.KAPITAL.MK
ТРЕНД: СЛУЖБЕНИ ЕЛЕКТРИЧНИ ВОЗИЛА НАМАЛУВАЊЕ НА ТРОШОЦИТЕ И ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ ВО ИСТО ВРЕМЕ
WWW.KAPITAL.MK
БРОЈ 842 | ЦЕНА 100 ДЕН. 18 ДЕКЕМВРИ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16
ЕВРОПСКИОТ ИЛОН МАСК
Истанбул станува “мека” за стартапи
*Во цената е вклучен ддв и платена поштарина
...заеднички ја креираме додадената вредност на нашите животни проекти...
www.kapital.mk
Капитал број 847 22.01.2016
8 НАВИГАТОР
ИЗЈАВА НА НеделАТА
ВИТАмИНКА ОчеКуВА пОГОл
> БРОЈКА
21%
од заработката Македонците трошат за храна, според MoveHub
Институциите на ЕУ сe повеќе личат на музеи - тие се отворени за посета и продолжуваат да функционираат, иако немаат никаква важна улога
ЏОРЏ ФРИдмАН Stratfor
П
рилепската фабрика за кондиторски производи Витаминка планира приходи од 33 милиони евра во 2016 година и поголема добивка за 10-15% во однос на минатата година, се вели во нивното соопштение доставено до Берзата. Од продажбата, 56% се планирани да се остварат на домашниот пазар, а 44% на странски пазари. “Имајќи ја предвид среднорочната стратегија за развој на друштвото и во 2016 година продолжува со инвестирање
победник на неделата
Цената на нафтата ќе се удави во сопствен
светот пред нафтен ХАсАН РуХАНИ
+
„Златна страница“ во историјата на државата, го нарече симнувањето на добар дел од санкциите за Иран, претседателот на оваа држава, Хасан Рухани. И навистина, она за што државниот секретар на САД, Џон Кери, рече дека ги исполнува условите за прекин на иранската нуклеарна програма од кои зависеше симнувањето на санкциите, Иран го постигна повеќе од експедитивно. Импресионира што сето ова се случи само 3 месеци откако Иран претходно вложил огромни средства во своја нуклеарна програма во последните 13 години. А резултатот е што државата направи особено симболички важна размена на затвореници со САД, во контекст на затоплувањето на односите на двете земји, што ќе значи многу пари и престиж за шиитски Иран, наспроти последователните фрустрации на сунитска Саудиска Арабија, најотворениот ривал на Иран. Случувањата на нафтената сцена не му одат на рака на Техеран (за жал, и симнувањето на санкциите дополнително ја симна цената на нафтата), но, Иран има уште што да им понуди на западните компании со своите 78 милиони жители, приходи во високиот сегмент на средните, и повисок БДП од Тајланд или од Обединетите арапски емирати. Особено зашто пост-санкциски веднаш ќе бидат пуштени околу 30 милијарди долари од вкупно 100 милијарди на Иран, колку што беа замрзнати во западни банки.
Ц
Цената на нафтата ќе продолжи да паѓа годинава поради тоа што производството е многу поголемо отколку побарувачката, образложи Меѓународната агенција за енергетика. Враќањето на Иран на меѓународниот пазар како еден од најголемите извозници на нафта драматично ја зголемува понудата и покрај тоа
што останатите земји го намалуваат производството. „Може ли да се спушти уште подолу?“, е дилемата што ја отворија и учесниците на Светскиот економски форум во Давос годинава, а одговорот е запрепастувачки дека „освен ако нешто не се промени, пазар от на нафта ќе се удави во хиперпродукција“. Освен залихите на нафта, експертите ги загрижува и зголемувањето на конкуренцијата од Иран на светскиот пазар бидејќи како што велат „иранските барели на сурова нафта по квалитет се прилично исти како и производството од Саудиска Арабија, Ирак и Русија, така што се очекува конкуренцијата меѓу производителите на ценовниот пазар да стане уште поостра“. Меѓутоа, Саудиска Арабија веднаш одговори дека не ја урива цената на нафтата за да му конкурира на Иран. „Луѓето треба да се вратат кон Адам Смит
www.kapital.mk
Капитал број 847 22.01.2016
9
лема добиВка за 10-15% Во 2016 со несмалено темпо. Основно инвестициите се однесуваат на модернизирање и автоматизирање на техничко технолошките процеси, зголемување на постоечките капацитети, воведување на нови производни линии, градежна реконструкција и адаптација на производни хали и магацини за складирање.“, велат во Витаминка. Како приоритет во продажните активности компанијата ги истакнува зголемување на продажбата на домашниот пазар и на балканските пазари.
> броЈка
мисла на неделата
64.5%
не смее да има криза следната недела. агендата веќе ми е преполна
изнесува просечното искористување на капацитетите во преработувачката индустрија за декември 2015 година.
лидери
Хенри Кисинџер
поранешен државен секретар на САД
губитник на неделата
ните залихи
н шок „Може ли да се спушти уште подолу?“, е дилемата што ја отворија и учесниците на светскиот економски форум во давос годинава, а одговорот е запрепастувачки дека „освен ако нешто не се промени, пазарот на нафта ќе се удави во хиперпродукција“.
Јанис Варуфакис
Поранешниот грчки министер за финансии со ново движење ќе ја спасува ЕУ
матео ренци
и основите на економијата. Се работи за понуда и побарувачка“, одговори Адел ал – Џубеир, министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија на обвинувањата дека монархијата се обидува да му наштети на Иран со евтина нафта. Тоа ги загрижи сите економисти, банкари, извршни директори во Давос бидејќи е една од причините поради кои што повторно во меѓусебните разговори се почесто го изговараа зборот „рецесија“. Освен Иран, САД и Ирак исто така го преплавија пазарот со поголемо производство на нафта. Земјите од ОПЕК од друга страна, го задржаа истото производство, но побарувачката на пазарот значително се намали главнмо поради забавувањето на кинеската економија. Така цената на нафтата неделава го допре 12 годишното дно од 28 долари за барел, што е за 75% помалку отколку во средината на 2014 година. Меѓутоа, не сите се губитници во приказната. Извршниот директор на најголемата транспортна и енергетска компанија во Европа, Маерск Груп, изјави дека нето увозниците на нафта како што се европските земји, имаат голема корист од рекордно ниските цени на нафтата на берзите. „Намалувањето на цената на нафтата е двигател на европската економија. Европската економија расте и покрај тоа што не успеавме да ги спроведеме сите болни структурни реформи. Така што мислам дека поевтинувањето на нафтата е голем плус за Европа“, изјави Нилс Андерсен, извршен директор на Маерск, во Давос. nnn
Италијанскиот премиер и неговата влада подготвуваат строга регулатива против неоправданите отсуства на јавната администрација.
не им беше неделата
алекс Горски
Johnson & Johnson на чие што чело е, најави отпуштање на 3.000 вработени, заради лошите продажби до делот на медицинска опрема.
колинда Грабар – китароВиќ
Против хрватската претседателка ќе биде покрената постапка за конфликт на интереси, поврзано со пари од изборната кампања
_
Владимир Путин И официјално е потврдено дека проектот Јужен тек повеќе не постои, што значи дека рускиот гас никогаш или барем во скоро време нема да стигне на Балканските и средноевропски пазари. Со оглед на фактот дека станува збор за држави во кои живеат повеќе од 150 милиони жители, Русија со овој веќе очекуван потег дефинитивно губи пазари големи колку цела Руска Федерација. Ова е најновата, но не и најстрашната вест поврзана со рускиот економски колапс кој наголемо се најавува. И вториот најголем руски извозен производ, нафтата секој ден губи дел од својата вредност. Без разлика дали тоа е последица на хиперпродукцијата на нафта, или пак станува збор за реална состојба на пазарите факт е дека ова катастрофално се одразува на руската економија. Бројките покажуваат дека рубљата има изгубено барем 50% од својата вредност и продолжува да паѓа додека цените на производите во Русија одат нагоре што го трагично го уништува стандардот на повеќе од 140 милиони жители на Русија. Не може да се каже дека претседателот Путин намерно ги предизвикува ваквите состојби, но факт е дека неговата стратегија за масовна конфронтација со западниот свет не дава резултати и наскоро ќе треба или пак ќе мора да менува тактика.
www.kapital.mk
Капитал број 840 847 22.01.2016 04.12.2015
story cover story 10cover
удел во вКупнИот буџет на пИом
трансфери оД Државниот буџет До пиом (мИлИонИ евра)
37,9% 35,4%
33,9%
33,5%
228
231
2009
2010
285
255
2011
2012
Исплатата на пензИИ станув
Државниот пензис само за половина
www.kapital.mk
Капитал број 847 22.01.2016
11
43,1% 41,8% 41,3% 41,4%
365
424
386
343
2013
2014
2015
2016
Податоци од Буџетот на Министерството за финансии
ва се позавИсна од буџетот
ски фонД има пари оД пензионерите!
www.kapital.mk
Капитал број 847 22.01.2016
12
cover story
П
Патрик Житон претставник на ММФ во Македонија
ензиските трошоци како дел од вкупните трошоци се едни од највисоките во регионот, а воедно земјата се соочува со процес на брзо стареење. Ова претставува зголемување на товарот врз јавните финансии. Немаме детална анализа на фискалната одржливост на системот, но честите ад хок зголемувања на бенефициите, без промена на останатите параметри и без оглед на тековното економско опкружување, имаат тенденција да ја ослабат таквата рамка. Сегашниот систем бара донесување стратешки избори во другите области на фискалната политика, особено во полза на продуктивните трошења, подобрување на наплатата на приходите и задржување на нивото на јавното задолжување.
З пишува:
Александар Јанев
aleksandar.janev@kapital.mk
За да ги исплати пензиите на сите 307.162 пензионери годинава од 791,3 милиони евра, државниот пензиски фонд ќе добие од Владата 423,5 милиони евра, што е повеќе од половина од парите потребни за целосна исплата на пензиите. Овие проекции од Предлог буџетот за годинава на Министерството за финансии покажуваат дека финансиската кондиција на Државниот фонд за пензиско и инвалидско осигурување (ФПИОМ) се влошува, иако се уште не се познати во јавноста податоците за неговото работење минатата година. Ако во 2010 година, Владата со пари од државната каса надоместувала 33,5% од вкупните трошоци на Фондот, годинава таа зависност достигнува до 43,1% што покажува дека врската меѓу државниот пензиски фонд и државниот буџет станува се поцврста и нераскинлива. Оттука, јасно е и зошто Фондот задоцни да им исплати 11,3 милиони евра придонеси наменети за приватните пензиски фондови што беше нов сигнал во јавноста дека
З
Благица Петрески
главен економист на Finance Think
големувањето на дефицитот во државниот пензиски фонд делумно се должи на исплатите кон вториот столб, но постои структурен проблем кој го генерира дефицитот. Пензиите се зголемуваат со повисока стапка на раст од домашната економија. Растот на економијата во тековната и изминатата година е околу 3 %, додека растот на пензиите е 5%, што го надминува капацитетот на економијата. Ваквиот „неусогласен“ тренд започнал во периодот после 2008 година, кога покрај еднократното зголемување на пензиите, скоро сите редовни усогласувања на пензиите се поголеми од растот на економијата. На среден рок, ќе бидат потребни структурни промени за пензискиот систем да биде одржлив. Треба да се размислува за нелинеарни реформи, реформи кои ќе ги заштитат најранливите категории пензионери.
државниот пензиски фонд е шворц ако не добива редовно трансфери од централниот буџет. Експертите коментираат дека финансиската состојба на државниот пензиски фонд се влошува затоа што трошоците за пензии се зголемуваат (меѓу другото власта вети зголемување на пензиите за 5% секоја година) повеќе отколку што растат приходите од пензиските придонеси. „Загрижувачки е што исплатата на пензиите станува толку зависна од трансферите од државниот буџет, а до тоа доведоа неколку популистички мерки на Владата како на пример постојаното вонредно зголемување на пензиите, особено пред изборните циклуси и намалувањето на стапката на придонеси. Потоа се увиде дека е тоа погубно за државниот пензиски фонд па затоа и Владата ја стопираше мерката секоја година во континуитет да го намалува придонесот за пензиско осигурување. Креаторите на политиките мора да размислуваат како да ги зголемат приходите во пензискиот фонд. Бидејќи растот на вработеноста, а со тоа и на бројот на осигуреници е проблематично во вакви економски услови, решението мора да се бара во неколку алтернативи што ги применуваат повеќе земји во светот“, вели поранешната директорка на Агенцијата за супервизија на капитално пензиско осигурување (МАПАС), Зорица Апостолска. Претставникот на ММФ во Македонија, Патрик Житон, исто така изрази загриженост бидејќи „пензиските трошоци како дел од вкупните трошоци се едни од највисоките во регионот“ „Истовремено земјата се соочува со процес на брзо стареење. Ова претставува зголемување на товарот врз јавните финансии. Немаме детална анализа на
фискалната одржливост на системот, но честите ад хок зголемувања на бенефициите, без промена на останатите параметри и без оглед на тековното економско опкружување, имаат тенденција да ја ослабат таквата рамка. Сегашниот систем бара донесување стратешки избори во другите области на фискалната политика, особено во полза на продуктивните трошења, подобрување на наплатата на приходите и задржување на нивото на јавното задолжување“, вели Житон. Главниот економист на институтот Finance Think, Благица Петрески смета дека делумно, зголемувањето на дефицитот во пензискиот систем се должи на исплатите кон вториот столб, но според неа, постои поструктурен проблем кој го генерира дефицитот. „Пензиите се зголемуваат со повисока стапка на раст од домашната економија. Растот на економијата во тековната и изминатата година е околу 3%, додека пак, растот на пензиите е 5%, што го надминува капацитетот на економијата. Ваквиот „неусогласен“ тренд започнал во периодот после 2008 година, кога покрај еднократното зголемување на пензиите, скоро сите редовни усогласувања на пензиите се поголеми од растот на економијата. До 2008 година, економијата во просек растела за 3,1% а пензиите за 2,9%, додека после 2008 година, економијата растела во просек 2,4% додека пензиите повеќе од двојно, 6,5%. Дополнително, во услови на ниска стапка на инфлација, скоро нула, не постојат притисоци за намалување на животниот стандард како резултат на зголемени трошоци на живот“, коментира Петрески. Финансиската кондиција на пензискиот фонд почна да се влошува од 2008 година наваму откако властите одлучија да ја намалат и стапката на придонес за пензиско
Факт: 423,5 милиони евра треба да префрли Влада
www.kapital.mk
Капитал број 847 22.01.2016
13
трошоци за пензии (милиони ЕВрА)
приходи од придонеси
2009
2010
2011
2012
465,9
2013
741,0
647,4
432,3
606,4
420,7
572,7
408,6
550,7
427,4
530,4
(милиони ЕВрА)
466,9
2014
за да ги исплати пензиите на сите 307.162 пензионери годинава од 791,3 милиони евра, државниот пензиски фонд ќе добие од владата 423,5 милиони евра, што е повеќе од половина од парите потребни за целосна исплата на пензиите. овие проекции од предлог буџетот за годинава на министерството за финансии покажуваат дека финансиската кондиција на државниот фонд за пензиско и инвалидско осигурување (Фпиом) се влошува, иако се уште не се познати во јавноста податоците за неговото работење минатата година. ако во 2010 година, владата со пари од државната каса надоместувала 33,5% од вкупните трошоци на Фондот, годинава таа зависност достигнува до 43,1% што покажува дека врската меѓу државниот пензиски фонд и државниот буџет станува се поцврста и нераскинлива. експертите коментираат дека финансиската состојба на државниот пензиски фонд се влошува затоа што трошоците за пензии се зголемуваат (меѓу другото власта ги зголемува пензиите за 5% секоја година) повеќе отколку што растат приходите од пензиските придонеси и сугерираат креаторите на политиките да размислуваат да ги зголемат приходите во пензискиот фонд како што прават повеќето земји во светот, преку зголемување стапката на пензиски придонес или, пак, со поместување на старосната граница на пензионирање. осигурување од 21,2% од основицата, на 18% колку што е и денес. Аналитичарите велат дека намалените придонеси не обезбедија поголеми приходи од придонеси преку поттикнување на вработеноста туку креираа поголем дефицит во пензискиот фонд. Едноставна математичка пресметка покажува дека за да може Фондот за
пензиско осигурување да ги покрива сите трошоци од сопствени приходи, што би било идеална варијанта, бројот на осигуреници би требало да се зголеми дополнително за дури 390.000 луѓе. До крајот на 2014 година, регистрирани се вкупно 498.910 осигуреници што плаќаат придонеси за пензиско осигурување. Вкупните приходи од придонеси во 2014 година, пак, изнесувале
466,9 милиони евра, што значи дека секој осигуреник просечно уплатил придонеси од 935 евра годишно. За да се покрие сумата од 364,6 милиони евра што ја надомести Владата со трансфер од државната каса, би требало да има уште 390.000 осигуреници што би платиле просечен годишен придонес за пензиско осигурување. Според последните објавени податоци
ата од буџетот за целосна исплата на пензиите
www.kapital.mk
Капитал број 847 22.01.2016
14
cover story
на Фондот за ПИОМ, до крајот на 2014 година биле регистрирани вкупно 536.191 осигуреници со задолжително пензиско и инвалидско осигурување. Од друга страна пак, како плаќачи на придонеси истата година се евидентирани 498.910 осигуреници. Тоа значи дека 37.281 осигуреници не платиле придонеси за пензиско осигурување. Уште еден куриозитет произлегува од различните податоци што ги објавуваат Државниот завод за статистика и Државниот пензиски фонд. Според Фондот за ПИОМ, во 2014 година имало вкупно 536.191 вработени, односно осигуреници со задолжително пензиско и инвалидско осигурување, додека пак според извештаите на Заводот за статистика, во истата година бројот на вработени изнесувал 696.046. Со тоа разликата меѓу вработените, односно осигурениците со задолжително пензиско и инвалидско осигурување, и вработените според државната статистика е дури 159.855 луѓе. Нејасно е зошто е огромна разликата во податоците на овие две институции, ако се знае дека со концептот бруто плата, речиси невозможно е да се одбегне плаќањето придонеси кон државата. Во спротивно, работниците не можат да добијат плата. Единствено логично објаснување е дека тие луѓе се водат како вработени според Заводот за статистика се всушност привремените вработувања, на кои работодавците не им плаќаат социјални придонеси.
Зголемување на придонесите или старосната граница
Експертите објаснуваат дека постојат две решенија што може да се применат за да се подобри финансиската кондиција на пензискиот фонд, а тоа се зголемување на стапката на придонес за пензиско осигурување, или пак подигнување на старосната граница за пензионирање. Овие мерки се непопуларни за спроведување, меѓутоа, експертите се децидни дека пензискиот систем ќе мора повторно да се реформира. „Одржливоста на првиот пензиски столб, односно државниот фонд станува невозможна. Штом трансферите од државниот буџет до Фондот постојано се зголемуваат и веќе се доближуваат до 50% од трошоците
за пензии, очигледно ќе мора да се применат непопуларни решенија како на пример зголемување на стапката на придонес. Нормално дека на ваквата одлука би се противел приватниот сектор, но тоа станува неизбежно решение“, вели Апостолска. Благица Петрески од институтот Finance Think, смета дека на среден рок, ќе бидат потребни структурни промени за пензискиот систем да биде одржлив. „Секако, на реформите треба да претходат сеопфатни анализи и треба да се размислува за нелинеарни реформи, реформи кои ќе ги заштитат најранливите категории пензионери. Со оглед дека трансферите за пензии значајно влијаат врз намалувањето на сиромаштијата, сметам дека овие реформи не треба да паднат на грбот на пензионерите со најниски пензии или луѓето кои во работниот век имале тешки физички активности“, вели Петрески. Загрижувачки ревизорски извештај за финансиската кондиција на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување објави и Државниот завод за ревизија пред две години. Неповолната финансиска состојба во Фондот според ревизорите се должи на неостварените проекции за зголемување на вработеноста, како и неостварените проекции за пораст на платите. Според податоците во извештајот, загрижувачки е податокот дека дупката во буџетската каса на Фондот секоја година се повеќе се продлабочува. „На финансиското работење на Фондот влијание имаше намалување на стапката на придонесот за пензиско и инвалидско осигурување како и неостварените макроекономски индикатори за зголемување на вработеноста и порастот на платите на вработените кои имаат директно влијание врз остварувањето на приходите од придонесите“, стои во извештајот на ревизорите. Ревизијата забележува дека од година во година се повеќе расте дупката во буџетот на Фондот, која мора да се покрива со пари од централниот буџет. Особено е за истакнување, велат ревизорите, дека висината на дефицитот во буџетската каса на Фондот има тренд на зголемување секоја година. При тоа, ревизорите предупредуваат дека постои можност и од натамошно
продлабочување на дупката во буџетската каса во Фондот.
Една милијарди евра за пензии во 2030 година
Бројот на пензионери до 2030 година ќе се зголеми за уште 50.000 луѓе и ќе се искачи на околу 355.000. Трошоците за пензии од сегашните 740 милиони евра, во следните 15 години ќе надминат една милијарда евра. Просечните пензии што ќе ги земаат идните пензионери, од сегашните 80% од просечната нето-плата, ќе паднат на 58% од просечната нето-плата во 2030 година. Ова го покажува актуарскиот извештај на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување за долгорочните проекции за иднината на пензискиот систем во земјава, кој е правен врз претпоставки за идните демографски и економски движења, подготвени од релевантните институции. Основни економски претпоставки што се користат во моделот се за реалниот пораст на бруто домашниот производ, реалниот пораст на платите, стапката на невработеност, инфлацијата и слично, а бидејќи се работи за долг период, има три сценарија, оптимистички, базни и песимистички. Податоците покажуваат дека фондот тешко ќе се крпи во наредните 30 години за потоа да почне неговото растоварување со помош на вториот пензиски столб. Трошоците што ќе се финансираат од државниот буџет, според актуарскиот извештај, постепено ќе се зголемуваат, а притисокот врз државниот буџет се очекува да исчезне дури во 2045 година кога ќе созрее вториот столб со што товарот на финансирање на пензиите главно се пренесува кај приватните пензиски фондови. Во актуарскиот извештај на Фондот се земени и претпоставките за стареењето на населението. До 2030 година се очекува да расте бројот на осигурениците, а по 2030 година тој да почне да опаѓа поради демографските движења и стабилизирањето на економскиот раст. Бројот на пензионерите континуирано расте во наредните 40 години, а потоа се намалува. Соодносот меѓу осигурениците и пензионерите, од сегашните 1,84 осигуреници на 1 пензионер, долгорочно се намалува на 1,05 осигуреници на 1 пензионер. nnn
Експерти: Пензискиот систем мора да се реформира
пишува: Биљана Здравковска стојчевска
Партиската држава е името на проблемот Прашањето е дали со преќутното прифаќање на условите кои политичките партии ни ги наметнуваат, партократијата веќе го има легимитетот од народот? Ако е така тогаш навистина ќе биде ѓаволски тешко таа да се урне и промени. Ако не е така, тогаш уривањето на партиската државата треба да биде единствената идеја околу која треба да се обединат сите. Сите поединечни оставки или политички смени ќе бидат залудни ако партиската држава остане доминантна во нашите животи и бизниси. biljana.zdravkovska@kapital.mk facebook.com/biljana.zdravkovska
V
Веројатно на најголем дел од македонските граѓани зборот партократија не им значи ништо. Иако станува се поочигледно дека тоа е болеста која ја убива македонската држава. Партократијата е толку длабоко навлезена и прифатена од граѓаните како нешто нормално, што ќе биде многу тешко да се искорени. Партократијата е уредување, наводно демократско, во кое вистинската власт не се наоѓа во институциите на државата, туку во рацете на политичките партии. А оној кој ја има власта добиено на избори, не може буквално никој да го контролира, бидејќи секој “штраф” во контролниот механизам го сочинуваат партиски луѓе. Партокртаијата во Македонија е веќе паралелен систем и поредок, со кој партиите ги издигнуваат своите интереси над општите потреби и свесно го подриваат политичкиот и целиот систем во државата. Систем во кој една или повеќе партии, а не граѓаните, доминираат со сите процеси во државата. Најопасната нуспојава од партократијата е рушење на целиот систем на вредности. Или тоа му доаѓа како ситуацијата во која демократијата паднала во стапица. Нашето општество е и тоа како свесно за преголемата, па дури и неограничената моќ на партиите. Тоа го знаат и самите политичари, но и оние кои ги гласаат. И тоа што е пострашно е што на поголемиот дел од нив тоа не им смета. Најголемиот дел од граѓаните се уверени дека тука нема ништо лошо нелегално. Ретки се оние кои посочуваат на овој проблем и најголема кочница на напредокот, а за него сме сите одговорни со неодговоноста, кукавичлукот и мазохистичката навика да се покоруваме на оној кој не угнетува. Помирувањето со овој проблем е всушност најголемиот проблем. Неодамнешните анкети покажаа дека најголем дел од младите веруваат дека најлесно до вработување и напредување во кариерата се доаѓа со партиска книшка. И во приватниот сектор исто така нормално станува дека бизнис најлесно се добива со подмитување и познанство со некој политичар на власт, или потчинување на волјата на политичките партии, со тоа што ќе станат подобни и послушни во замена за некој тендер или бизниси во јавните сектори со кои управуваат партиските директори. Апсолутната власт на партократијата и губењето на сите критериуми, односно ставањето на партиската припадност над се, е главната причина за тешката ситуација во која Македонија е влезена. И џабе се сите политички договори и консензуси, ако не се отстрани оваа болест која одвнатре ја напаѓа и јаде државата. Без да расчистиме со партокртаијата не можеме да мрднеме напред и не можеме никогаш да станеме нормална држава, во која способните млади луѓе, бизнисмени, научници, ќе сакаат да останат да живеат и напредуваат. Клучот за решавање на овој проблем лежи во волјата за политичарите за работите да се променат. Но, за да постои волја кај политичарите, мора да постои претходно волја
КапиталНО
кај граѓаните. Или барем мнозинството на граѓаните да станат свесни дека ова мора да се промени. За жал, таа свесност е се уште мала. И затоа на политичарите им е многу комотно да се однесуваат кон државата и сите партиски институции и јавни претпријатија како да им се оставени од татко им. Партократијата ја држи во заложништво цела Македонија. Единствен кој може да реагира на ова партократско заложништво е јавноста. Но, таа јавност, во најголем дел ја сочинуваат луѓе кои се обидуваат да се вработат. Условувањето на вработување со партиско членство е најголемо и најотворено кршење на најголемото човеково право- правото на работа. Така на луѓето кои не се членови на ниту една партија им останува само еден излез - да си заминат од државата. Но, каде се тука бизнисмените, сопствениците на големи фирми и бизниси кои би требало да се оштетени од ова партократско водење на економијата и бизнисот, каде се професорите и универзитетите, каде се интелектуалците, експертите, уметниците да прозборат за проблемот кој ја влече државата во калта. Тие молчат. Оваа усвоена култура на преќутување и незамерување со никого и не кажување јавно став за ништо, не доведе и до оваа ситуација. Ова однесување од типот мене не ме интересира политика, избрка десетици млади луѓе од државата. Во животите на секој од нас неизбежни се
Нашето општество е и тоа како свесно за преголемата, па дури и неограничената моќ на партиите. Тоа го знаат и самите политичари, но и оние кои ги гласаат. И тоа што е пострашно е што на поголемиот дел од нив тоа не им смета. Најголемиот дел од граѓаните се уверени дека тука нема ништо лошо нелегално. Ретки се оние кои посочуваат на овој проблем и најголема кочница на напредокот, а за него сме сите одговорни со неодговоноста, кукавичлукот и мазохистичката навика да се покоруваме на оној кој не угнетува. Помирувањето со овој проблем е всушност најголемиот проблем. ситуации кога мораме да донесеме одлука која значајно ќе влијае на тоа каква иднина ќе имаме, било да се работи за избор на работа, факултет, партнер ...Одлуката да се помириме со оваа партократска креатура од систем ќе има долгорочни последици. Германскиот филозоф и социолог Макс Вебер вели дека “еден даден политички поредок станува легитимен ако граѓаните кои учествуваат во тој поредок, веруваат во него. Верата во легимитетот е основа на секој систем на власт, и во склaд со таа вера, постои и подготвеност на граѓаните да постапуваат во склад со одлуките на
власта”. Прашањето е дали со преќутното прифаќање на условите кои политичките партии ни ги наметнуваат, партократијата веќе го има легимитетот од народот? Ако е така тогаш навистина ќе биде ѓаволски тешко таа да се урне и промени. Ако не е така, тогаш уривањето на партиската државата треба да биде единствената идеја околу која треба да се обединат сите. Сите поединечни оставки или политички смени ќе бидат залудни ако партиската држава остане доминантна во нашите животи и бизниси. nnn
www.kapital.mk
Капитал број 847 22.01.2016
18
КОМПАНИИ И ПАЗАРИ ШТО БАРААТ БИЗНИСМЕНИТЕ? предвидливи и еднакви услови за бизнис да се надмине честото менување на законите поддршка и субвенции на домашните извозни компании помош за отворање на нови пазари заштита од нелојален увоз подобрување на ликвидноста законите да важат и за државните фирми намалување на бирократијата даночни олеснувања за сите инвеститори поволни кредити
КОМПАНИ ИТЕ ПРЕД ТЕШКА И НЕИЗВЕСНА ГОДИНА
БИЗНИСМЕНИТЕ БАРААТ СПАС ЗА ИНВЕСТИЦИИТЕ И ИЗВОЗОТ Бизнисмените бараат поголема предвидливост и стабилност на системите, уште поголемо поедноставување на процедурите, не така често менување на законските регулативи и еднакви услови за бизнис за сите компании кои инвестираат и извезуваат, без разлика дали се домашни или странски. Сепак, очекувањата на бизнисмените за 2016 година се чини најмногу се условени со неизвесноста како ќе се разреши политичката криза во Македонија. Најголемиот дел од бизнисмените и управителите на фирми кои учествуваа во Анкетата на Капитал сметаат дека најважен потег кои треба да се направи следнава година за поголем раст на бизнисот е брзо разрешување на политичката криза.
ПРВИ ЖРТВИ ОД ПОЛИТИЧКАТА КРИЗА: ПСИХО
www.kapital.mk
Капитал број 847 22.01.2016
19
В Живко Мукаетов
претседател на Управниот одбор на Алкалоид.
о услови на влошени глобални економски текови, потребно е соодветно поставување на внатрешните системи со кое ќе се овозможи поголема конкурентност и флексибилност на домашните компании. Потребно е поголема предвидливост и стабилност на системите, уште поголемо поедноставување на процедурите, не така често менување на законските регулативи и зголемена ефикасност на сите фактори вклучени во економските процеси.
П пишува
Биљана Здравковска Стојчевска biljana.zdravkovska@kapital.mk
Почетокот на годината носи уште поголема неизвесност за македонските компании. Политичката криза во која влезе Македонија пред околу една година, се чини дека нема да заврши ниту брзо, ниту лесно. Неизвесноста во која влегува државата се чини најмногу ги чини бизнисите. Повеќето од нив велат дека психолошката неизвесност веќе ги дава првите жртви. Многу бизнисмени одлучуваат инвестициите да ги одложат за втората половина годинава или за следната година. И сите планирани вработувања се ставени на стенд бај. Сите институции предупредија дека македонската економија почнува да забавува. На крајот на годината слушнавме дека економијата нема да расте со стапка од 4% како што владата планираше, туку со 3,2%. Политичката криза, неизвесноста на светските пазари, намалените цени на металите се само некои од факторите кои ќе продолжат да го забавуваат и отежнуваат работењето на македонските компании. Во време кога бизнисот е заробен премногу долго во неизвесност, Капитал ги праша бизнисмените кои мерки и одлуки најмногу би му помогнале на бизнисот.
П
Кочо Анѓушев претседател на Фероинвест
отребно да се поддржи извозот, пред се преку осигурување на наплатата преку Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) или некоја слична институција или банка. Тоа ќе ги направи македонските компании рамноправни со компаниите од другите земји во регионот, кои ја имаат таквата поддршка.
Речиси сите со кои контактиравме потврдија дека условите за водење бизнис и во Македонија, но и на странските пазари се многу влошени. Изминатата година која беше полна со чести и ретроактивни измени на законите, и во која фирмите работеа без однапред познати правила на игра, во услови кога заради политичките случувања сите процеси во државата се блокирани без извесност дали и како ќе се надминат, што целосно ги истошти фирмите. Тешко склучуваат нови зделки, а она што ќе го сработат на домашниот пазар се потешко го наплатуваат.
Година полна со неизвесност
Според сите проценки 2016 година ќе биде една тешка деловна година како во локални рамки, исто така и во регионални и во глобални рамки. Процесите на „затворање“ на националните економии кои започнаа во 2015 година се повеќе ќе ги отежнуваат условите за работа. Иако се веќе истоштени од работење во вонредни и кризни услови, македонските бизнисмени успеваат да го задржат умерениот и реален оптимизам без кои веројатно одамна би излегле од приватниот бизнис или би го префрлиле нивниот бизниси надвор од границите на Македонија. Повеќето бизнисмени предупредуваат на итноста за решавање на политичката криза, на влошената неликвидност, на потребата за поддршка и стимулации за фирмите за инвестиции и извоз. Оние кои веќе се одлучиле да влезат во преструктуирање и нови инвестиции, тоа го прават со сопствени средства, плашејќи се да не заглават во банка. Повеќето се плашат дека дополнителното заострување или отворање нови политички конфликти на светски план директно ќе влијаат на влошување на економските текови, што може да
В Сашо Наумоски извршен директор на Витаминка
легуваме во процес на реализација на крупни инвестиции во делот на производството и се надеваме дека новите инвестиции ќе донесат нови можности. Во кондиторската индустрија е потребна поголема помош за отворање на нови пазари надвор од нашите граници и заштита на домашните производи на македонскиот пазар.
Реорганизација на работењето прв приоритет
К
ако да и се излезе во пресрет на тешката економска ситуација и што да се направи за полесно да се надминат проблемите во економијата? Ова се сигурно прашањата кои ги мачат сите македонски бизнисмени. На прашањето што планирате да преземете во компанијата која ја управувате за полесно да се надмине тешката економска ситуација и да се подобри работењето, дури 44% од анкетираните 208 анкетирани бизнисмени одговориле дека планираат да го реорганизираат работењето. Зголемување на пласманот одбрале 23% од анкетираните. Намалување на трошоците за работна сила најавуваат 16% од анкетираните бизнисмени, додека 10% одговориле дека ќе ги намалат трошоците на производство. резултира со ограничувања и бариери на движењето на стоки, ценовни флуктуации, нетипични осцилации на вредностите на националните валути и слично. Бизнисмените потенцираат дека во услови на голема неизвесност на странските пазари, треба да се посвети поголемо внимание на домашните политики за зголемување на конкурентноста на домашните компании. Бараат поголема предвидливост и
олошка неизвесност го блокира бизнисот
www.kapital.mk
Капитал број 847 22.01.2016
20
КОМПАНИИ И ПАЗАРИ
стабилност на системите, уште поголемо поедноставување на процедурите, не така често менување на законските регулативи и еднакви услови за бизнис за сите компании кои инвестираат и извезуваат, без разлика дали се домашни или странски. Очекувањата на бизнисмените за 2016 година се чини најмногу се условени со неизвесноста како ќе се разреши политичката криза во Македонија. Најголемиот дел од бизнисмените и управителите на фирми кои учествуваа во Анкетата на Капитал за очекувањата за 2016 година сметаат дека најважен потег кои треба да се направи следнава година за поголем раст на бизнисот е разрешување на политичката криза. И во најпозитивна разрешница, ако се одржат избори на 24 април, објективно изборната година не е добар сојузник на економијата. Во случај на лоша разрешница тоа би било голем проблем за сите компании кои најмногу ќе ја почувствуваат кризата, а последично и граѓаните на Македонија. Во таков случај, македонските извозните компании ќе бидат директно и најмногу погодени бидејќи странските партнери ја губат довербата и сигурноста во нивната способноста да одговорат на обврските. Намалувањето на извозот потоа ќе повлече сосема други политики и мерки и нови фискални и монетарни рамки во кои ќе треба да се движи Македонија за да може редовно да го сервисира јавниот долг, кој само во изминативе пет години беше двојно зголемен. Фатмир Бетичи, извршен директор на Стопанска комора на Северозападна Македонија вели дека психолошката неизвесност веќе ги блокира бизнис одлуките. “Веќе алармиравме дека нашите членки чувствуваат психолошка несигурност од сето она што се случува во земјава на политички план. Повеќето од нив ги одлагаат планираните инвестиции за шест месеци, година или на неодложено време од едноставна причина што не можат да претпостават што се ќе се случува во наредниот период. Бизнисмените во Македонија веќе не сакаат да примаат нови вработени, па после да мораат да ги отпуштаат. Веќе имаат лоши искуства и пазат буквално на се. Значи точно е дека засега нема некакви поголеми компликации, но и психолошкиот момент е доволен за на подолг рок многу лошо да влијае на целиот бизнис и работењето на нашите компании.
Бизнисот бара крај на кризата
Во годинешното прво од ваков тип истражување на Капитал, бизнисмените како прв приоритет во 2016 година го сметаат разрешувањето на политичката криза, за кое сметаат дека заедно со намалената куповна моќ на населението
?
Кои се трите најважни одлуки кои сметате дека треба да се донесат во 2016 година за излез од кризата и подобрување на работењето и бизнис климата?
разрешување на политичката криза привлекување на странски директни инвестиции ограничување на траење на судските постапки решавање на неликвидноста
25% 5%
8% 13%
намалување на даноците и придонесите за работна сила
17%
намалување на јавната администрација полесен пристап до поволни бизнис кредити
ќе биде најголемиот ограничувачки фактор за водење на бизнисот во новата година. На прашањето за тоа кои се најважните потези и мерки кои треба да се донесат следната година за да му биде подобро на бизнисот, најголем дел или 25% сметаат дека најважно е да се разреши политичката криза. Интересно, но вториот чекор по важност, кој како опција го гласале најголем дел од бизнисмените е намалувањето на јавната администрација. Дури 19% од бизнисмените сметаат дека еден од приоритетите за во 2016 година мора да биде намалувањето на јавната администрација. Намалувањето на даноците и придонесите е приоритет за 17% од анкетираните бизнисмените, кои сметаат дека треба да се направи во деловната 2016 година за да се подобрат условите за водење бизнис. Решавање на неликвидноста како важен приоритет ја гледаат 13% од анкетираните бизнисмени. Најмал број од анкетираните бизнисмени или само 5% одговорите дека привлекувањето на странски инвестиции треба да биде приоритет на кои треба да се работи во 2016 година. Од Алкалоид велат дека како компанија која е присутна на повеќе од 30 пазари во светот, најголемите опасности ги гледаат токму во глобалните процеси. “Во услови на влошени глобални економски текови, потребно е соодветно поставување на внатрешните системи со кое ќе се овозможи поголема конкурентност и
19%
13% флексибилност на домашните компании. Потребно е поголема предвидливост и стабилност на системите, уште поголемо поедноставување на процедурите, не така често менување на законските регулативи и зголемена ефикасност на сите фактори вклучени во економските процеси”, вели Живко Мукаетов, претседател на Управниот одбор на Алкалоид. Кочо Анѓушев, претседател на Фероинвест најголемите ризици за работењето на неговата компанија ги гледа во намалувањето на цаните на металите и останатите цени. “Потребно да се поддржи извозот, пред се преку осигурување на наплатата преку Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) или некоја слична институција или банка. Тоа ќе ги направи македонските компании рамноправни со компаниите од другите земји во регионот, кои ја имаат таквата поддршка”, предлага Анѓушев. Сашо Наумоски, првиот човек на Витаминка вели дека и покрај тоа што политичката неизвесност и нестабилност се одазува и врз економијата, Витаминка очекува подобри резултати годинава.”Влегуваме во процес на реализација на крупни инвестиции во делот на производството и се надеваме дека новите инвестиции ќе донесат нови можности”, вели Наумоски. Според него, во кондиторската индустрија е потребна поголема помош за отворање на нови пазари надвор од нашите граници и заштита на домашните производи на македонскиот пазар.
ИЗВОЗ: ЦЕНИТЕ НА МЕТАЛИТЕ ГО “УРИВААТ” ИЗВОЗОТ
Капитал број 847 22.01.2016
22
www.kapital.mk
Real estate
Како ќе се движи пазарот за недвижности во Македонија во 2016
Станови продолжуваат да се градат, цената благо ќе падне.
За деловниот простор се очекува поскапување на кириите
Дозволи за градба: Последниот квартал од 2015 издаден
www.kapital.mk
Капитал број 847 22.01.2016
23 Државната статистика покажа зголемен број на добиени градежни дозволи во последниот квартал од 2015-та, од кои што најголем дел се за високоградба. Тоа значи дека инвеститорите, компании и физички лица, ќе продолжат и годинава засилено да градат повеќе станови, што значи дека притисокот врз цените ќе остане и тие се очекува благо да паднат, не повеќе од 2-3%. Кај деловниот простор, особено кај квалитетниот канцелариски простор, заради ограничената понуда и немањето нови проекти на повидок, а зголемената побарувачка, се очекува поскапување на кириите.
П пишува:
Игор Петровски
igor.petrovski@kapital.mk
Понудата на станови во Македонија, односно Скопје како главниот пазар на недвижности, се очекува да биде на високо ниво и годинава, ако се земе предвид динамиката на тоа што се гради во моментов, како и планираните нови квадратни метри за оваа година, според официјалната статистика на добиени дозволи за градба. Тоа ќе го продолжи притисокот врз нивните цени, кои што минатата година забележаа минимален пад. По привремениот раст на цените на становите во првиот квартал од 2015-та, следеше стагнација во вториот квартал и потоа повторно пад. Во третиот квартал
цените на становите се намалија во просек за 0,8%, додека на годишно ниво се забележа пад од 3,5% според податоците на Народната банка на Македонија, НБРМ. Овој пад според познавачите на пазарот за недвижности беше очекуван заради постојаниот раст на понудата на пазарот за недвижности во последните неколку години кој што изврши притисок врз цената на становите. Според податоците на Државниот завод за статистика, минатиот ноември се издадени за 13% повеќе одобренија за градење во однос на истиот месец 2014. Од нив 63% се наменети за објекти од високоградба. Во октомври пак биле издадени за 35% повеќе одобренија за градење, а во септември за 20% во однос на истите месеци во 2014. Исто така, и предвидената вредност на објектите за градење за кои што се издадени дозволи во овие три месеци, е за 66%, 6,2% и 53% респективно, поголема во однос на истите месеци лани. Во исто време паѓаат и каматните стапки на станбените кредити. Имајќи го предвид сето ова, нашите соговорници на темава очекуваат стабилизирање на цените со евентуален благ пад, не повеќе од 2,5% – 3% во 2016 година. Од Фортон Македонија, компанијата за менаџирање со недвижности, во моментов ја изработуваат анализата на пазарот во втората половина на 2015-та, врз основа
броjки:
20% 35% 13%
повеќе одобренија за градење се издадени во Македонија респективно во септември, октомври и ноември 2015-та, во споредба со истите месеци од 2014-та
2,5-3%
може да биде падот на цените на становите во 2016, според проценките на некои агенции за недвижности
ни повеќе одобренија за градба, најголем дел за станови
www.kapital.mk
Капитал број 847 22.01.2016
24
Real estate
В
М
инатата година беше една од потешките за пазарот на недвижности, особено во сегментот на деловен малопродажен простор, каде што кириите паднаа и до 30%. Во делот на становите, инвеститорите продолжуваат со градба и во 2016-та, што ќе доведе до Оливер понатамошен притисок врз Димитровски цените. Со оглед на политичката NewWay нестабилност која продолжува, опаѓањето на куповната моќ и заострените банкарски критериуми за кредитирање, очекувам падот на цените на становите да продолжи, но не драстично.
на која што ќе ги дадат своите прогнози за движењето на цените во првите шест месеци од оваа година. Пред неколку месеци Фортон излезе со податок дека во првите шест месеци од 2015-та, бројот на купопродажни трансакции на домашниот пазар на станови пораснал за цели 30,5%, односно на 1.605 трансакции. Од компанијата очекуваа тој тренд да продолжи и во втората половина на годината, но останува да се види нивната анализа што ќе излезе во првата половина на февруари. “Подобрените услови за кредитирање заедно со најниските цени на становите во последниве 10 години, се двата главни фактори што донесоа поголем број трансакции на пазарот. Трендот на зголемена побарувачка на станбен простор се должи и на тоа што останатите можности за вложување на слободните пари стануваат сè помалку атрактивни“, изјави директорот на Фортон Македонија, Влатко Богоевски, во специјалниот прилог “Недвижности“ на Капитал од пред неколку месеци.
Инвеститорите не се баш сигурни за кого ги градат становите?!
Оливер Димитровски, директор на компанијата за менаџмент со недвижности NewWay, не е оптимист што се однесува до продажбата на недвижности и развојот на овој пазар годинава. Според него, во 2016та ситуацијата ќе остане на исто или слично ниво како 2015-та, која што била една од потешките последнава деценија. “На страна фактот дека се гради, т.е. сè уште има инвеститори што сметаат дека има побарувачка на станови, од искуство знаеме дека зголемената понуда негативно влијае врз одржливоста на цените кои што сè уште се во благ пад. Ова пред сè се однесува на локациите каде што е изразена зголемена градежна активност – Ново Лисиче, Аеродром, Кисела Вода, Карпош – каде што зголемената понуда на станови
Влатко Богоевски Фортон Македонија
о моментов, состојбата на пазарот на деловен канцелариски простор покажува нагорен тренд во однос на побарувачката, водена пред сè од ИТ и аутсорсинг компаниите. Нивото на закупнини имаше стабилизација во првите шест месеци од 2015 година, а во моментов ги правиме анализите за вторите шест месеци, врз основа на кои ќе дадеме попрецизна проценка за тоа што ќе се случува годинава. Во секој случај, високата исполнетост на бизнис центрите од А и Б класа, како и недостигот од нови проекти за деловен канцелариски простор во следните две години, ќе влијае на зголемување на закупнините.
Според консултантската компанија Knight Frank
Европскиот пазар на деловен простор ќе продолжи да расте и во 2016
Е
вропскиот пазар на деловен простор влезе во 2016 година после исклучително силната 2015-та. Според британската консултантска компанија за недвижности, Knight Frank, инвестициите во деловен простор на ниво на ЕУ лани пораснале за 20%, што значи дека и покрај економските и политичките предизвици за пазарот на бизнис недвижнини на глобално ниво, довербата на инвеститорите во европскиот пазар останала силна. Компанијата прогнозира дека инвестициите во деловен простор ќе продолжат со исто темпо и годинава во Европа, а инвеститорите се оптимистични заради зголемената побарувачка на простор за изнајмување од страна на клиентите. Минатата година е забележан раст на пазарот за изнајмување на клучните европски пазари, а и годинава се очекува раст од околу 10%. Сè поголемата побарувачка за првокласен деловен простор во централните бизнис региони на Европа ќе продолжи да го стимулира растот на кириите, сметаат во Knight Frank. На водечките пазари – како Лондон, Париз, Даблин, Франкфурт и Мадрид – канцелариски простор во централните бизнис подрачја веќе недостига. Клиентите бараат големи канцеларии на централни локации и изборот не им е особено голем. Недостигот на простор значи дека новите проекти на добри локации ќе успеат да постигнат повисоки цени на наемот, велат експертите. Особено добар раст се очекува кај деловните простории поврзани со здравствениот сектор, автомобилската индустрија и студентските сместувања.
Канцеларии: Ќе расте побарувачката за квалитетен деловен простор
www.kapital.mk
Капитал број 847 22.01.2016
26
Real estate што инвестираат во станови кои што не им се наменети за живеење денес имаат сериозен избор на станови и се пребирливи, а не се притиснати од време за одлучување каде да ги инвестираат своите пари. Од друга страна, нема прецизни јавно достапни податоци за тоа колку семејства во моментов имаат потреба од кров над глава. Заглавени во шпекулативни бројки, инвеститорите и не се баш сигурни за кого ги градат становите, а како и секоја компанија што пласира нови производи на пазарот, треба да имаат направено истражување и да знаат на кои клиент му се обраќаат. А, купците се одамна раслоени и имаат сериозен предизвик да одлучат каде и за колку пари ќе купат стан“, објаснува Димитровски.
Кириите за малопродажен простор се очекува да се стабилизираат
доведе до пад на цените помеѓу 5-15% од првопроектираните“, вели Димитровски. Според него, негативниот тренд на цените се должи на повеќе фактори, од кои само еден е зголемената понуда. “Негативниот финансиски тренд, неста-билната политичка ситуација исто така имаат свое влијание, а нè очекуваат и предвремени избори. Згора на сè, и банките имаат заострени критериуми за кредитирање на население, и покрај падот на каматните стапки. Купувачите
НИЕ СМЕ ВРСКАТА СО СИТЕ ДЕЛОВНИ ПОДАТОЦИ КОИ ВИ СЕ ПОТРЕБНИ
Што се однесува до пазарот на деловен простор, од NewWay не очекуваат посериозна промена. “Сè додека не се зголеми потрошувачката моќ на просечниот купувач во земјава или зголемување на број на потрошувачи – со прилив од внатрешноста на државата, или од странство – нема потреба од зголемување на трговскиот деловен простор. Секое зголемување би резултирало со пад на цените на наем што го доведува во прашање повратот на инвестицијата во шопинг центри. Трговските центри се соочуваат со предизвици затоа што нема простор за поголемо снижување на веќе намалените цени за наем, кои што во поединечни случаи отидоа и до 30%“, смета Оливер Димитровски од NewWay. На пазарот за деловен простор во тек е изградбата на Emporio Mall во Скопје, за комбинирана употреба, со канцелариски простор за од 6.000 м2 и малопродажен/ трговски простор од 5.770 м2, како и изградбата на Cevahir Sky City, со деловен канцелариски простор од околу 8.000 м2 и малопродажен/трговски простор од 13.000 м2. Од Фортон Македонија очекуваат овие два проекти да ја зголемат пазарната понуда и да овозможат дополнителна експанзија на малопродажни синџири кои веќе се присутни на пазарот, други малопродажни брендови кои го таргетираат Скопје за понатамошно ширење и нови и постоечки компании кои ќе имаат потреба од простор А канцелариски простор.
Се очекува поскапување на закупот за квалитетни канцеларии
#1
ЗА БИЗНИС ИНФОРМАЦИИ
ЗА ПАМЕТНИ ДЕЛОВНИ ОДЛУКИ!
02 / 3117 100 info@targetgroup.mk www.targetgroup.mk
Кај канцеларискиот простор, во моментов состојбата на пазарот на деловен “офис простор“ покажува нагорен тренд. Според Фортон Македонија, високата исполнетост и зафатеност на бизнис центрите од А и Б класа, како и недостигот од нови проекти за деловен канцелариски простор, ќе влијае на зголемување на закупнините и истите ќе имаат нагорен тренд во следните две години. Како најатрактивни, топ локации во Скопје за нов деловен, канцелариски и трговски/малопродажен простор, сè уште остануваат локациите во централното градско подрачје (Central Business District). Во последните две години нема нови големи проекти на пазарот на деловен канцелариски простор. Како најголеми играчи на овој пазар се истакнуваат бизнис центрите Соравиа, Хипериум, Синерџи, Сити Плаза, МИДА и ГРАВЕ. Уште еден момент на кој што треба да се обрне внимание кога се анализира пазарот на канцелариски простор, е тоа што откако државните институции добија свој простор изграден во последните неколку години во рамки на проектот Скопје 2014, се појави сериозна понуда на просторот што тие го користеа до неодамна. Понудата е зголемена наспроти намалената побарувачка, поради негативниот тренд на доаѓање на нови странски компании што имаат потреба од канцелариски простор. “Оние што доаѓаат во последно време се заинтересирани за слободните економски зони, а не за отворање на канцеларии во деловни згради. И понатаму најголемите корисници на канцелариски простор се банките, телекомуникациските и ИТ компаниите. Останатите се различни компании од услужниот сектор“, велат во NewWay. nnn
Капитал број 847 22.01.2016
28
www.kapital.mk
Компании и пазари
Преземањата ќе ја одбележат и 2016 година
Во регионот растат спојувањата и преземањата, Македонија не е интересен пазар! Вредноста на македонските компании е драстично намалена, но тоа пак не е причина за тие да станат интересни за преземање од странски компании. Иако на пазарот во регионот и на глобално ниво се случува прераспределба на капиталот и на бизнисот, кога големите играчи купуваат се што може да се купи, во Македонија нема такви бизнис случувања. Регион: хрватските компании и понатаму мета за преземања од странци
ЗА ВРВНИ МАГИСТЕРСКИ СТУДИИ НЕ МОРАТЕ ДА ОДИТЕ ВО СТРАНСТВО!
СЕГА И ВО СКОПЈЕ! • Престижна МБА програма за развој на вашата кариера • Рангирана помеѓу првите 100 во светот • Со тројна меѓународна акредитација која гарантира квалитет на наставата
УПИСИТЕ СЕ ВО ТЕК! msm.uacs.edu.mk
ЗА ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ:
Универзитет Американ Колеџ Скопје Трета Македонска Бригада 60, 1000 Скопје Тел: +389 2 2463 156
Е-пошта: globalmba@uacs.edu.mk Веб: msm.uacs.edu.mk
www.kapital.mk
Капитал број 847 22.01.2016
30
Компании и пазари Атлантик група на Емил Тедески Агрокор на Ивица Тодориќ и Орбико на Бранко Роглиќ се трите хрватски компании кои во изминативе две години имаа налет на спојувања и преземања низ регионот
К
Компании од Словенија и Хрватска газат немилосрдно кон нови зделки и пазари. За хрватските бизнисмени, пак, е карактеристично што купуваат се што може да се купи откако кризата им ја намали цената речиси на сите компании. Најжестоко настапува хрватскиот бизнисмен Ивица Тодориќ, кој буквално стана балканскиот магнат. Во од го следат Емил Тедески и Адрис групацијата. Во овој поход, големите стануваат уште поголеми. Останатите компании оправдано може да стравуваат за својот опстанок бидејќи може да бидат згазени од конкуренцијата. Со преземањето на Меркатор, хрватскиот бизнисмен Ивица Тодориќ создаде компанија која ќе вработува 64.000 луѓе и ќе биде водечка во секторот малопродажба и производство на храна во регионот и пошироко. Тодориќ по преземањето на Меркатор од Агрокор направи балкански гигант со промет од седум милијарди евра. Толкав е годишниот прометот на 200-те најголеми македонски компании! Ова доволно кажува колку македонските компании не се фокусирани на раст и развој иако го имаат отворениот пазар на ЦЕФТА и на Европската унија. Уште еден пример, хрватската компанија Атлантик група е меѓу водечките прехранбени компании во регионот, вработува 4.500 луѓе и има производни погони во Хрватска, Германија, Словенија, БиХ, Србија и Македонија. Секоја година нејзиниот сопственик Емил Тедески презема по некој бизнис. Потоа, можното
Експертите велат дека сопствениците на фирми не би требале да размислуваат за тајмингот кога треба да ја продадат фирмата, туку треба да размислуваат да донесат нов инвеститор додека нивниот бизнис расте, но потребна им е помош при ширење на нови пазари или за вложување на нови технологии. обединување на хрватската трговска компанија Плодине и на словенечката Туш би било меѓуфаза, односно подготовка за продажба на така здружената мрежа на една од водечките европски трговски компании. Половина година откако ровињски Адрис ја презеде Кроација осигурување се чини дека се на повидок контурите на нов регионален исчекор кон Словенија преку соработка со Сава Ре. Македонија е исклучена од овие случувања. Зошто? Постојат неколку причини и состојби кои ги диктираат односите и развојот на бизнис настаните во Македонија. Веројатно една од главните е што македонските компании не се влезени во фокусот на големите играчи бидејќи имаат многу слаба пазарна позиција и моќ и никого не загрозуваат за да бидат купени, дури и кога се многу евтини. Само неколку домашни компании котираат високо на пазарот во регионот и тие од одамна се истакнуваат како интересни за преземање, но тоа се уште не се случува. Причината тука се бара во релативно високите цени што ги бараат и во тоа што менаџерите/акционери се уште не се подготвени за да ги продаваат. Треба да се земе предвид и фактот дека голем дел од македонските компании (текстилни и прехранбени) веќе работат за странските преку производство на приватни марки, кои зафаќаат дури и повеќе од половина од нивното вкупно производство. Поради тоа, големите компании немаат никаква причина да влегуваат со свој капитал на овој пазар. Уште една многу голема причина зошто македонските компании не се во фокусот на
странските компании е што се технолошки многу уназадени поради целиот процес на деиндустријализација што и се случува на Македонија повеќе од 20 години. Тоа го покажуваат и бројките, според кои индустриското производство е преполовено за 30 години, учеството на индустријата во БДП е сведено од 50% во 80-те години на минатиот век на 15% во 2012 година. Уште пострашно е што од вкупниот обем на инвестиции во основни средства во стопанството во 2012 година само 25,06% отпаѓаат на индустријата, што е двојно помалку од пред 90-те години. Затоа Македонија стана евтина суровинска база, пред се, во аграрот, а текстилната индустрија се сведе на лон-производство. Некои македонски компании, иако имаа(т) огромен потенцијал, едноставно ги јаде времето затоа што менаџментот не може да се носи со него. Кога имаа можност не сакаа да прифатат стратешки партнер, а сега нема ни кој да ги купи, а очигледно сами не можат да се развиваат.
Апетитите за спојување и аквизиции се поголеми
Низ чистилиштетето наречено рецесија во последните неколку години поминаа речиси сите компании. На некои им немаше спас, па се најдоа во пеколот, малку се тие кои почукаа на вратата на рајот, а поголемиот број со мали и големи рани и тегови продолжија во нов циклус. Ова сценарио остави траги и на подрачјето на спојување и преземање. Дека ситуацијата се прочистила, покажуваат и трендовите на се поголема купопродажни активности, кај оние кои превземаат има помал страв,
Македонија: уште една година без интерес за преземања од надвор
www.kapital.mk
Капитал број 847 22.01.2016
32
Компании и пазари
и помалку очај кај оние кои се мета на преземање и кои на тој начин настојуваат да спасат жива глава. Долготрајната рецесија јасно ги одвои оние кои неповолните економски околности ги натераа да побараат нови пазари и извори на приходи, да ги преструктуираат долговите и да го подобрат финансиското здравје, од оние чии проблеми само се продлабочија. Првите станаа пожелни мети за преземање сега кога и купувачите излегоа од грчот, и тоа во сите сектори, независно од големината. Преземањата и спојувањата значително се зголемија во 2015 година, а тој тренд според аналитичарите се очекува да продолжи и во 2016 година.
Проблем е само големината
Во Хрватска на пример, најатрактивни играчи се фирмите кои се тесно специјализирани во одредени сегменти. Големите компании можат да се избројат на прсти, а посебно оние меѓународни и значајни во пошироки европски рамки. Затоа идеален спој е добар пазарен удел во некој сектор и задолжителен излез на други пазари. Оние кои се фокусирани и зависни само на домашниот пазар, речиси никој не ги ни погледнува. “Добрите бизниси беа мета и претходно и сега, но сега има повеќе фирми кои заради кризата конечно се одлучија да излезат надвор на други пазари. Таквите фирми имаат многу поголем потенцијал за раст и автоматски се интересни мети. Проблем беше и остана недоволната големина, бидејќи големината на хрватските фирми е мала за европски, а не пак за светски рамки. Освен фирмите кои работат регионално и пошироко и заради тоа се поперспективни, интересни мети се и оние фирми кои ги реструктуирале своите долгови со или без предсетачајна спогодба и сега можат да бараат и да добијат нов капитал”, вели Андреј Грубишиќ, основач на консултантската куќа Грубишиќ и партнери, чиј примарен фокус се преземањата и трансакциите. Моментално, вели тој, работат со три клиенти, а за сите нив заедничко е што агресивно тргнале со преземање на странски пазари.
Купувачите се поразнолики
Сопствениците на оние фирми кои рецесијата ја поминаа релативно лесно главно не се подготвени на продажба на својот бизнис, освен за многу високи цени. Од друга страна, купувачите имаат малку поинаква пресметка во која влегува долгот, потенцијалите за раст итн. Различните проценки за вредноста на компанијата се стар камен за сопнување ори реализација на аквизициите. Но, смената или барем воведувањето на помлади генерации во управувачките структури на малите и средните фирми донесува одредени промени. “Сопствениците на фирмите кои се стари околу 20-тина години оваа рецесија ги исцрпи и финансиски и физички. На сцена сега доаѓа нова генерација која е информатички целосно писмена, ги познава сите странски јазици и на која не и е проблем да патува по
Спојувањата и преземањата на рекордно ниво по кризата од 2008
И
зобилството евтини пари во глобалниот финансиски систем годинава даде залет на многу големи спојувања и преземања компании, најголем од светската криза во 2008 година. Од јануари до септември во светот се договорени 45 спојувања и аквизиции, со поединечна вредност поголема од 10 милијарди долари, соопштува Dealogic (меѓународна компанија за финансиски софтвер). Вкупната вредност на спојувањата достигнала 1.200 милијарди долари и поголема е за цели 89% во однос на истиот период во 2014 година. Значајна тежина на оваа вкупна сума додаде она што беше најавено минатата недела, дека американскиот фармацевтски гигант Pfizer, планира да го купи Allergan, производителот на Botox, чија пазарна вредност е над 110 милијарди долари. Новиот бран спојувања вака го објасни Танги Ле Либо од консултантската куќа Aurel BGC: „На располагање е огромно количество кеш, каматите се исклучително ниски, кредити може да добијат под поволни услови“. Но, аналитичарите предупредуваат и дека спојувањата подразбираат и ризици за големите структури што настануваат, на пример, светот заради работата. Оваа генерација на помлади сопственици ќе бидат повеќе волни да ги продаваат фирмите на време”, смета Грубишиќ. Секогаш има многу фактори кои влијаат на одлуката за продажба на фирмата или дозволата на инвеститор да влезе во сопственичката структура. “Во теоријата идеално време за продажба е кога фирмата е на врвот на економскиот циклус, посебно во секторот во која фирмата работи. Но, како што и Ајнштајн рекол: во теоријата, праксата и теоријата се исти, во праксата не се исти”, вели Јургис Ониунас, основач на Ascedent Capital Advisors. Тој истакнува дека сопствениците на фирми не би требале да размислуваат за тајмингот кога треба да ја продадат фирмата, туку треба да размислуваат да донесат нов инвеститор додека нивниот бизнис расте, но потребна им е помош при ширење на нови пазари или за вложување на нови технологии. Тоа значи, вели Ониунас, дека секоја здрава компанија е добра мета за преземање. А не е се така црно ни за оние кои не се финансиски потполно здрави. И презадолжените фирми можат да склучат трансакција во која сопствениците постигнуваат одредена вредност, се додека имаат пазарен потенцијал во иднината.
поради конфликт на култури на две компании (што се спојуваат) што не може да се реши. Како конкретен пример го наведуваат спојувањето на AOL и на Time Warner во првата декада од актуелниов век, кое беше договорено за време интернет меурот, а потоа откажано. Понатаму, аналитичарите предупредуваат дека спојувањата и преземањата не смеат да бидат компензација за неможноста на менаџерите да направат раст во своите компании. Евтините пари им се привлечни на менаџерите кои сакаат да „купат“ раст наместо самите да го создадат, особено во период на умерен економски раст. Кај преземањата, најактуелното е во секторот на производство на пиво, каде гигантот Anheuser-Busch InBev, во чие портфолио се Beck’s, Budweiser, Stellа Artois …, се подготвува да го преземе конкурентот SABMiller во трансакција вредна над 120 милијарди долари кога ќе се вклучи и долгот. И покрај погоре споменатите ризици, големиот бран на спојувања и преземања, се чини ќе потрае, сметаат аналитичарите, кои очекуваат и во 2016 година да има умерен, но добар почеток на глобални активности на спојувања и аквизиции, по рекордната 2015. Освен тоа, купувачите стануваат се поразнолики. “Покрај инвеститорите од Европската унија, моментално хрватските фирми привлекуваат интерес и на инвеститори од Индија, од Блискиот Исток и Далечниот Исток. Се на се, предвидуваме дека трендот на консолидација и надворешните преземања ќе бидат уште посилни во текот на оваа 2016 година и во следните неколку години”, вели Ониунас. Консултантите се согласни дека се повеќе расте интересот на странските компании за преземања во Хрватска, на најголем интерес има за технолошките компании кои извезуваат и кои имаат голем извозен потенцијал. Нивните најголеми предности се тоа што не зависат од домашниот пазар, овозможуваат влез на нови пазари на кои превземачите можеби би им било тешко да влезат по органски пат и овозможуваат технолошки развиена, а евтина производна база. Се на се, апетитите за спојувања и преземања се највисоко ниво во последниве шест години, а податоците на консултантската куќа Ернст и Јанг покажуваат дека речиси 60% од компаниите на светско ниво во следните 12 месеци планираат да направат некоја аквизиција. nnn
Свет: Изобилство евтини пари носи голем број аквизиции глобално
www.kapital.mk
Капитал број 847 22.01.2016
34
колумна
Буџетска транспарентност и от
Дали врата
александар цеков истражувач во ЦИКП
н
Недовербата на граѓаните кон институциите во државата е на исклучително високо ниво. Ова го покажа анкетата спроведена од страна на Центарот за истражување и креирање политики, во септември 2015 година на репрезентативен примерок од 1101 испитаник. Така, дури 62,5% од граѓаните немаат доверба во Владата, додека само 24,2% рекле дека на некој начин и веруваат. Процентот, пак, на граѓани кои што немаат довербата во Собранието изнесува 63,9%, додека во судството не веруваат 67,3% од испитаниците. Високиот процент на недоверба во најголема мерка е резултат на недоволната транспарентност и отчетност на институциите. Ова би требало да ги подзамисли институциите во државата, бидејќи како што рекол судијата Дејмон Џ. Кеит во врска со селективноста на информациите на американската администрација „демократијата умира зад затворени врати“. Иако зајакнувањето на довербата би требало да биде императив на институциите преку нивно отворање кон граѓаните, односно зголемување на нивото на транспарентност и отчетност, наодите од истражувањето Индекс на доброто управување во Македонија укажуваат на тоа дека постои огромен простор за напредок на ова поле. Просечниот резултат на 19 институции кои што беа опфатени со истражувањето, преку кое се мереше колку институциите ги применуваат принципте на доброто управување, изнесува 30%, односно нешто помалку од третина од максималниот број на можни бодови. Просечно, најдобри резултати има остварено Собранието на Република Македонија 40%, а најслаб резултат имаат остварено министерствата со 23% исполнетост на индикаторите. Резултатот на Владата изнесува 25%, додека просекот
на двата фонда (ФЗО и ПИОМ) опфатени со истражувањето изнесува 31%. По однос на категории на добро управување, од графиконот подолу е забележливо дека една од послабите категории е буџетската транспарентност и отчетност, а по неа и следењето прописи и известување за јавните политики. Кога станува збор за буџетската транспарентност, најголем проблем претставува немањето слух од страна на државните институции да ги објават информациите за буџетите. Најчесто, информациите кои што се достапни за јавноста се непотполни, ненавремени и во најголема мерка неразбирливи за граѓаните. Заговарањето од страна на граѓанските организации за објавување граѓански буџети од страна на институциите, кои што ќе содржат разбирливи податоци за буџетските процеси барем засега не наидуваат на разбирање од страна на институциите, со што на граѓаните и сите засегнати страни им е ускратено правото за пристап и користење на податоците поврзани со буџетот. Транспарентноста на буџетските процеси е исто така битен предуслов за вклучување на граѓаните во планирањето на буџетот. Со оглед на фактот дека потребите на едно општество се огромни, а средствата ограничени, преку вклучување на засегнатата јавност би се утврдиле приоритетите на граѓаните кои што би се реализирале преку државниот буџетот, со што би се намалил отпорот на граѓаните да бидат „владеани“ преку институциите. Помалиот отпор кон институциите би значело и поголем легитимитет за институциите, како и поголема општествена кохезивност, што се клучен елементи за напредок во едно општество. Меѓутоа, и покрај важноста за имплементација на овој принцип на добро управување, резултатите во оваа категорија се едни од најслабите. Во поглед на поединечни индикатори, само 13% од институциите го имаат објавено својот дел од буџетот за тековната година, а послаби резултати институциите имаат кај индикаторот кој што го оценува о бја вув ањ е то н а п олугод ишните финансиски извештаи, каде што процентот на исполнетост е 8%. Ист процент на исполнетост од 8% имаме и при објавување на годишните финансиски извештаи за изминатата година. Што се однесува до објавување на т.н. граѓански буџети кои што содржат информации
www.kapital.mk
Капитал број 847 22.01.2016
35
тчетНОст На ИНстИтуЦИИте На ЦеНтралНО НИвО
ата е затвОреНа? Недовербата на граѓаните кон институциите во државата е на исклучително високо ниво. Ова е резултатот на истражувањето Индекс на доброто управување во Македонија спроведено од страна на Центарот за истражување и креирање политики. Просечно остварени резултати по категории резултатити по категорија
Просек
0,6
0,55
0,43
во форма разбирлива за граѓаните, само 5% од институциите кои што беа опфатени со истражувањето го имаат објавено својот буџет во ваква форма. Министерството за финансии, според податоците од истражувањето, нема објавено граѓански буџет, т.е. во форма разбирлива за граѓаните. Утврдувањето на мислењето на граѓаните е клучен предуслов за приоритизирање на потребите на граѓаните. Преку механизмите за утврдување на мислењето, институцијата ќе може поефикасно да ги планира ограничените финансиски ресурси при задоволување на потребите на граѓаните, а во исто време целите што ги поставува би добиле на легитимитет од страна на засегнатите страни. Меѓутоа, вакви алатки има применето само Владата во периодот опфатен со истражувањето. Оттука, институциите би требало да утврдат начин преку кој најдобро ќе се земе предвид мислењето на граѓаните при буџетирање на активностите кој што ќе се користи секогаш кога ќе има можност за тоа. Имено, институциите постојат за што подобро да ги задоволат потребите на граѓаните. Нешто
8. Парламентарен надзор
7. Отвореност на Собранието
0,15 6. Управување со судир на интереси
0,06 5. Следење на прописи и известување
0,22
ПРОСЕК 0,31
4. Спремност за ПВР
0,08
3. Вклучување на јавноста во политичко одлучување
1. Информирање на јавноста и обезбедување на пристап до информации
0,42
2. Буџетска транспарентност и отчетност
ПРОСЕК 0,31
подобри се резултатите на институциите во однос на индикаторот за објавување на информации кои што ја појаснуваат врската помеѓу буџетските ставки и стратешките цели. Вкупно 6 институции имаат објавено вакви информации, или изразено во проценти 32% од институциите кои беа опфатени со истражувањето. Буџетската транспарентност и отчетност е клучен елемент на доброто управување преку кој граѓаните добиваат информации за тоа како институциите на централно ниво управуваат со јавните пари при исполнување на стратешки цели, обезбедување на услуги или задоволување на потребите на граѓаните. Затоа, потребно е да се зголеми ниво на транспарентност и отчетност што меѓу другото ќе им овозможи на граѓаните поефикасно да се вклучат во процесите на креирање на политики, под услов информациите кои што ги даваат институциите да се точни, навремени и целосни. Поконкретно, институциите би требало да ги преземат следниве чекори кон подигнување на нивото на буџетската транспарентност и отчетност:
XXДа го објавуваат својот дел од буџетот за тековната година на своите службени интернет страници XXДа ги објавуваат годишните финансиски извештаи за претходната година, како и полугодишните финансиски извештаи за тековната година XXДа го испитуваат мислењето на граѓаните (преку анкети, консултации, дебати со засегнати страни) при изработка на нацрт –буџетот за да што поефикасно ги вклучат барањата, потребите и приоритетите на граѓаните XXДа изработуваат т.н. „граѓански буџети“ наменети за нестручната јавност и истиот да се објавува на службените интернет страни. XXДа користат надворешната евалуацијата како алатка и резултатите да се објавуваат на службените интернет страници XXДа ги објавуваат ревизорските извештаи на своите службените интернет страници XXДа објавуваат годишни извештаи за својата работа за претходната година на своите службени интернет страници Вклученоста, пак, на граѓаните во буџетските процеси, како и во процесите на креирање политики, ќе го зајакне чувството на сопствеништво на граѓаните на овие политики, што автоматски ја подразбира и нивната согласноста при имплементацијата на политиките во чие креирање учествувале самите тие. . Во крајна линија, ваквиот начин на креирање политики преку еден отворен, транспарентен и партиципативен процес, од една страна, и давањето на отчет пред граѓаните за она што е сработеното и како се потрошени алоцираните средства при постигнување на поставените цели од страна на институциите, ќе ја зајакне довер бата на граѓаните кон институциите, што е од особена важност за спроведување на реформи во земјакандидатка за членство во Европската Унија и НАТО. nnn
www.kapital.mk
Капитал број 847 22.01.2016
36
ИзвознИ стратегИИ
Извозот на МаКеДонИја Кон албанИја по гоДИнИ (во милиони евра)
73 63
60 55
53
59
59
56 41
32 22 2005
2006
2007
2008
2009
2010
2011
2012
2013
2014
2015
КаКо Да се освоИ трИ МИлИонсКИot пазар на сосеДна албанИја?
М пишува:
Дејан азески
Dejan.azeski@kapital.mk
Македонскиот извоз кон Албанија не само што е мал по обем, туку и континуирано опаѓа. Ако 2008 година е статистичкиот врв
со 72,8 милиони евра извоз кон Албанија, истиот континуирано опаѓа во 2009 на 60 милиони евра во 2009, 55 милиони евра во 2010. Благ раст може да се забележи во 2011 со извоз од 62 милиони евра, за повторно да заземе надолна траекторија во 2012 и 2013 со извоз од 59 милиони евра, 56 милиони евра во 2014 за во 2015 да паднеме на едвај 41,33 ,милиони евра. Во меѓувреме Албанија од 2005 година година го има зголемено извозот за Македонија четирикратно од 7 на 32 милиони евра. Ова значи дека од близу 5 милијарди евра кои Албанија ги потрошила на увоз во изминатата година во Македонија се слеале нешто повеќе од 40 милиони долари. И покрај тоа што земјата има континуирана потреба за увоз од машини и опрема, храна, текстил и хемикалии и сл. Македонија која е произведувач на најголем дел од овие
производи не користи буквално ништо. Дополнително, Албанија традиционално е извезувач на обувки, сурово железо и хемикалии. Производи за кои Македонија има производство или преработка на суровини кои за жал Албанија ги увезува од други многу подалечни економии. Наместо Македонија, од скоро пет милијарди евра тешкиот албанскиот увоз најмногу профитираат Италија (32.2%), Грција (13.1%), Турција (7.2%), Германија (6.6%), Кина (4.5%), Русија (4.4%).
стотици пречки против и ниеден мост за соработка
Македонија и Албанија се две соседни држави кои малтене и немаат отворени прашања. Од сите соседни држави слободно може да се каже дека најмалку проблеми од секогаш сме имале со официјална Тирана. Поради сето ова просто неверојатно звучат
неДозволИво: еДна оД петте сосеДнИ зеМјИ
www.kapital.mk
Капитал број 847 22.01.2016
37
п
ЏеМаили дауТи сопственик и раководител на Даути Комерц
отребна е максимална либерализација на трговијата, укинување на сите вештачки нецарински бариери и масовна маркетинг стратегија за освојување на албанскиот пазар. ако нешто научивме во овие 25 години е дека самите компании не можат тоа да го изведат за секој производ посебно. Затоа најдобро би било државата и сите ние заедно да избереме 100,200 или 300 приоритетни производи кои имаат најголеми шанси за да се пласираат на албанскиот пазар и без никакво штедење најпрофесионално и по сите стандарди да се посочиме на нивната промоција. во спротивно се додека настапуваме поединечно и немоќно, нашите производи ќе бидат непрепознатливи на албанскиот пазар.
Т МеЏиТ Цапа
бизнисмен и долгогодишен трговец со Албанија
реба да се знае дека албанија секогаш ќе биде земја која не ги задоволува своите потреби што значи мора да увезува. со развојот на туризмот тоа дополнително се интензивира. проблемот е веројатно што ние во моментов немаме добри производи за да сме конкурентни на нивниот пазар. Колку и да звучи чудно, тоа е така. во минатото таму извезувавме не само земјоделски производи, туку и машини и фрижидери и други покомплексни работи. сега тоа се задоволува од поразвиени земји кон кои се отвори албанија. Значи албанија веќе не е пазар за просечни, туку за еднакво добри производи, како и сите останати пазари и така треба да се пристапува кон оваа земја.
Македонските производи се непрепознатливи на албанскиот пазар. Трговците се соочуваат со бројни царински и нецарински бариери , а инфраструктурата по која треба да се одвива трговијата малтене и не постои. Затоа извозот кон оваа соседна земја постојано опаѓа за во изминатата 2015 година да достигне скромни 41 милиони евра. Бизнисмените предлагаат максимална либерализација на трговијата, национална маркетинг стратегија за извоз и изградба на инфраструктура. бројните проблеми со кои се соочуваат бизнисмените кои сакаат да тргуваат со оваа земја, а уште поневеројатен е ставот на двете влади кои како да не сакаат да ги средат овие навидум едноставни прашања. Според извршниот директор на Стопанската комора на Северозападна Македонија Фатмир Бетичи постојат три главни причини поради кои е испуштена историската шанса Македонија да се наметне како доминантен трговски партнер на Албанија, а според него најстрашно што ниту една од нив не е отстранета ниту после цели 25 години. „Пр в иот пр о бл ем се од н е с ув а н а непрепознатливоста на македонските производи на албанскиот пазар. Тоа потекнува од неспремноста или не можноста на македонските извозници да инвестираат во промоција на нивниот бренд. Тие мора да сфатат дека маркетинг стратегиите кои поминуваат на Косово или во Србија не се соодветни за Албанија, бидејќи со оваа земја не постои скоро никаква историја на меѓусебна трговска размена. Значи мора да вложува многу повеќе енергија и средства“, вели Бетичи. Според Бетичи, причините за вториот горчлив проблем целосно може да се лоцираат кај државата која не зошто не може, туку како да не сака инфраструктурно да не поврзе со соседите. „Косово е помала, помлада и можеби се уште посиромашна држава. Но за помалку
од десет години има започнато или целосно завршено четири автопатски коридори не само кон Албанија и Македонија, туку и кон Србија, а сега сериозно се зборува и се започнува со изградба и на коридор кон Црна Гора.“ Според Бетичи сето ова долгорочно не се одразува само на транспортните трошоци туку создава и психолошки пречки за воопшто да се помислува за извоз во Албанија. Тој додава и дека овие две претходно наведени пречки самите по себе ја условуваат третата. „Косово и Македонија и во Турција и во Југославија живееле заедно и затоа соработката и ден денес оди многу полесно. Албанија покрај што долги години беше изолирана и претходно повеќе беше посветена на соработка со Италија и Грција отколку со остатокот од Балканот. Албанскиот купувач нема ништо против македонски, косовски или српски производи, но сепак поради сета оваа предисторија би избрал италијански производ“. Сите овие констатации на Бетичи лесно можат да се потврдат и на теренот. Македонија кон Албанија официјално има 4 гранични премини Св. Наум, Ќафасан, Џепиште и Блато од кои само Ќафасан е опремен со соодветна вага за царинење на тешки товарни возила и е прооден за акцизните стоки. На дебарскиот граничен премин Блато можат да поминат само
БроjКи:
5
милијарди евра приближно изнесува годишниот увоз на албанија
41,33
илиони евра изнесува вкупниот извоз на Македонија кон албанија за 2015 година
32%
е намален извозот во албанија во последните четири години
19
Најголем извозен пазар е албанија за македонските производи
да Не Ни е НиТу во Топ 20 иЗвоЗНи паЗари
www.kapital.mk
Капитал број 847 22.01.2016
38
ИзвознИ стратегИИ
ФатмИр БетИчИ
извршен директор на Стопанска Комора на Северозападна Македонија
П
остојат три главни причини поради кои е испуштена историската шанса македонија да се наметне како доминантен трговски партнер на албанија, а најстрашно е што ниту една од нив не е отстранета ниту после 25 години. Првиот проблем секако се однесува на непрепознатливоста на македонските производи на албанскиот пазар. тоа потекнува од неспремноста или не можноста на македонските извозници да инвестираат во промоција на нивниот бренд. товарни возила кои се веќе мерени на друг граничен премин, на Свети Наум не можат да поминат никакви, а кај Џепиште воопшто не постои никаков пат и граничниот премин е само за пешаци. Освен закочениот камионски транспорт македонските бизнисмени немаат друга алтернатива за извоз кон Албанија бидејќи со земјата не не поврзува никаков друг тип на транспорт. Изградбата на Коридорот 8, во кој спаѓа и пругата за Албанија, нема да се случи пред 2020 година. Бизнисмените коментираат и дека доколку сакате да одите со авион до Тирана прво ќе мора да прошетате и до Истанбул, бидејќи во понудите на превозниците кои оперираат во земјава тоа е најкратката дестинација. Тоа со редовна линија ќе ве чини како да сте летале со Боинг 747 на прекуокеански лет. Патниците коментираат дека и за Њујорк може да се најде карта за 600 долари, а за да стигнете до Тирана со редовна линија преку Истанбул ќе ве чини 800 долари. Во минатото се остварија дури и кратки обиди бродско поврзување на овие две земји но за жал и тоа барем засега се покажа како неуспешно решение.
решението го знаат само оние кои веќе извезувале таму
Сп о р е д б из н и с ме н и те ко и ш то г и консултиравме за сите погоре наведени проблеми има совршено јасни и едноставни решенија кои владите и бизнисмените порано или подоцна ќе мора да ги применат. Џемаили Даути, сопственик и раководител на Даути Комерц има конкретна идеја како државата и бизнис заедницата може да ја раздвижат соработката со Албанија. „Потребна е максимална либерализација на трговијата, укинување на сите вештачки
нецарински бариери и масовна маркетинг стратегија за освојување на албанскиот пазар. Ако нешто научивме во овие 25 години е дека самите компании не можат тоа да го изведат за секој производ посебно. Затоа најдобро би било државата и сите ние заедно да избереме 100,200 или 300 приоритетни производи кои имаат најголеми шанси за да се пласираат на албанскиот пазар и без никакво штедење најпрофесионално и по сите стандарди да се посочиме на нивната промоција. Во спротивно се додека настапуваме поединечно и немоќно, нашите производи ќе бидат непрепознатливи на албанскиот пазар“ За разлика од неговите колеги, Даути смета дека доколку има побарувачка на Македонски производи во Албанија , македонските извозници ќе најдат начин да ги надминат инфраструктурните пречки. „Да убаво е да има пруга но искрено од Македонија со железница веќе ретко кој извезува. Автопатот е проблем но никој не не спречува да извезуваме преку Косово каде што има одличен автопат за Тирана. Значи приоритет мора да бидат реалните проблеми со кои се соочуваат бизнисмените на теренот “ Околу оваа проблематика го консултиравме и дебарскиот бизнисмен Меџит Цапа кој важи за еден од првите трговци кој во осумдесеттите и деведесеттите години остварил соработка со Албанија. „Треба да се знае дека Албанија секогаш ќе биде земја која не ги задоволува своите потреби што значи мора да увезува. Со развојот на туризмот тоа дополнително се интензивира. Проблемот е веројатно што ние во моментов немаме добри производи за да сме конкурентни на нивниот пазар. Колку и да звучи чудно тоа е така. Во минатото
Профил на албанскиот пазар и економија XX 96 рангирана светска економија XX 2,8 милиони жители XX 32 милијарди долари изнесува Бруто домашниот Производ (БдП) на албанија XX 2,1% изнесува растот на БдП на албанија во 2014 година XX 1,3 милиони работна сила XX 385 евра просечна месечна плата таму извезувавме не само земјоделски производи туку и машини и фрижидери и други покомплексни работи. Сега тоа се задоволува од поразвиени земји кон кои се отвори Албанија. Значи Албанија веќе не е пазар за просечни туку за еднакво добри производи како и сите останати пазари и така треба да се пристапува кон оваа земја“ И од албанската страна на границата бизнисмените размислуваат слично како и во Македонија. Според банкар од Тирана кој неодамна го консултиравме на оваа тематика нивната проценка е дека навистина можат да успее во оваа мисија ако се вложи доволно енергија. „На пример Албанија во делот на храната произведува скоро се што произведува и Грција по многу пониски цени. Но, за жал македонските трговци имаат навика да пазарат од Грција која тешко се искоренува. Од друга страна, Македонија е пак на повисоко ниво на процесуирање на земјоделските производи од Албанија што значи дека примарното производство од кај нас може да добие повисока додадена вредност во Македонските фабрики. Бројни вакви примери има во повеќе сектор но едноставно треба да се вложува многу повеќе енергија“ nnn
задолжИтелно: државна стратегИја за Извоз во соседството
Рок за пРијавување: 27 јАНуАрИ 2016
ЕдноднЕвЕн сЕминар на тЕма:
OСНОВИ ЗА СТЕКНУВАЊЕ НА СОПСТВЕНОСТ, СОЛИДАРНИ ОБВРСКИ, СУБЈЕКТИВНО И ОБЈЕКТИВНО ПРЕИНАЧУВАЊЕ НА ТУЖБА
(соПарниЧари и УЧЕство на трЕти ЛиЦа во ПарниЦата) l 29 јануари 2016 (петок) l 10:00-16:00 часот l во просториите на институт Концепт, скопје институт КонЦЕПт организира обука каде што се третираат области од Законот за сопственост и други стварни права. Како дел од обуката ќе се покријат и солидарните обврски (нивното настанување, како и правата и обврските коишто произлегуваат). дополнително ќе се разговара за субјективното и објективното преиначување на тужба. на крај ќе се води расправа и за прашања кои се од интерес на учесниците.
ЗА КОгО Е НАмЕНЕТА ОБУКАТА:
За претставници од сите трговски друштва кои секојдневно се соочуваат со трудово-правната проблематика, правни сектори, сектори за човечки ресурси, менаџери.
КОНТАКТ: м-р Ленче Зикова и м-р Ирена Богоевска
ПРЕДАВАЧ:
АНТОАНЕТА ДИмОВСКА, судија во основниот суд скопје 2, во одделот за имотни спорови. судијата димовска истовремено е и едукатор во академијата за судии и обвинители.
l e-mail: institut@koncept.com.mk l 02 3216 962
Капитал број 847 22.01.2016
40
www.kapital.mk
свет
Техеран го задоволи Западот
Збогум за санкциите, добредојде за Иран на економската сцена Симнувањето на добар дел од санкциите за Иран лошо влијае на ценатата на нафтата и на сè што од неа зависи, но, официјален Техеран и западните компании нетрпеливи за бизнис со осумдесетмилионската држава, се надеваат на непосреден позитивен ефект, кој Иранците би го почуствувале уште пред клучните парламентарни избори во февруари, што би се покажало како силна поддршка за реформистичкиот блок во државата
Пост-санкицски: 30 милијарди ирански дол
www.kapital.mk
Капитал број 847 22.01.2016
41 Потпишувањето во Виена, иранскиот претседател, Хасан Рухани, го нарече „златна страница“ во историјата на државата И покрај исклучително ниските цени на нафтата, се очекува Иран да ги зголеми своите приноси на сурова нафта за околу половина милион барели дневно
Што направи Техеран за да го одоброволи Западот?
З
а три месеци беа демонтирани 14.000 центрифуги за збогатување на уран (две третини од капацитетите на државата) и беа предадени на складирање под контрола на - IAEA. Во Русија и на други места беа испратени 98% од иранските резерви од збогатен уран. Минатата недела беше демонтиран главниот елемент на нуклеарниот реактор за „тешка вода“ во Арак и местото кадешто стоел беше пополнето
О
Откако меѓународната заедница симна голем дел од санкциите што Техеран ги поднесуваше поради нуклеарната програма, Иран се враќа на светската
со бетон. Така ги снема главните елементи на иранската нуклеарна програма поради кои се јави тревогата дека Техеран се обидува да изгради капацитет за создавање нуклеарно оружје и да произведе сопствена атомска бобма. Експертите, политичарите и медиумите се импресионирани што сето ова се случи само 3 месеци откако Иран претходно вложил огромни средства во оваа програма во последните 13 години.
економска мапа. Меѓ ународната агенција за атомска енергија (International Atomic Energy Agency - IAEA) го објави долгоочекуваниот финален извештај, според кој Техеран се држел до предвиденото од договорот со водечките држави во светот. Претседателот на Иран, Хасан Рухани, го претстави како „голема победа“ симнувањето на дел од санкциите. „Денеска го одбележуваме денот на остварувањето на заедничкиот план за дејстување“, изјавија заедно министерот за надворешни работи на Иран, Махамад Џавад Зариф, и високиот претставник на Европската унија за надворешна политика, Федерика Могерини. Во саботата, на
историското потпишување во Виена, учествуваше и државниот секретар на САД, Џон Кери. Тој рече дека условите за прекин на иранската нуклеарна програма од кои зависеше симнувањето на санкциите, се веќе факт. Претседателот Барак Обама му делегираше овластувања на Кери да стави потпис во името на САД. Истовремено, сите санкции наложени од ЕУ и од Организацијата на Обединетите нации беа симнати, и сето ова го натера Рухани во неделата да го нарече договорот „златна страница“ во историјата на државата. Конкретно, договорот им дозволува на иранските банки да ги обноват врските со
лари ќе бидат ослободени од западни банки
www.kapital.mk
Капитал број 847 22.01.2016
42
свет
Претседателот Барак Обама му делегираше овластувања на државниот секретар Џон Кери да стави потпис во името на САД, кој рече прекинот на иранската нуклеарна програма од кои зависеше симнувањето на санкциите, е веќе факт
Кои се незадоволните од затоплувањето меѓу Иран и САД?
К
рајот на санкциите драстично ја намалува напнатоста меѓу САД и Иран, што значи многу пари и престиж за шиитски Иран, и исто толку фрустрации за сунитска Саудиска Арабија и нејзините партнери, чии односи со Техеран го допираат дното. Израел не е задоволен од параметрите на зделката, сметајќи дека ајатоласите не се откажале дефинитивно од оружено-нуклеарните амбиции, и оти симнатите санкции ќе додадат милијарди долари кон помошта за антиизраелските Хезболах во Либан, Хамас во појасот Газа ... европскиот финансиски систем вклучувајќи се во системот за меѓународни плаќања, Swift. Веднаш ќе бидат пуштени околу 30 милијарди долари од вкупно 100 милијарди, колку што беа замрзнати во западни банки. Со симнувањето на санкциите ја снемува и забраната за увоз на иранска нафта. Ова ќе се одрази на испораката на европскиот пазар, особено за јужните држави, како Грција, Италија, Шпанија, кои до 2010 година околу 24% и 50% од суровината ја увезуваа од Иран. И покрај исклучително ниските цени на нафтата, поддржани главно од Саудиска Арабија, се очекува Иран да ги зголеми своите приноси на сурова нафта за околу половина милион барели дневно, а за шест месеци на зголемувањето да додаде уште половина милион (барели). Тамошните медиуми јавуваат дека извршните директори на Total и на Shell биле во Техеран во саботата, за да почнат разговори со иранските колеги за идни концесии и соработки. Претходно Иран објави дека се подготвуваат нови поволни нафтени концесии за десетици милијарди долари. Во меѓувреме Reuters јави дека 13 ирански танкери полнат нафта и се подготвуваат да заминат за Индија и за Европа. Исто
така, Обама во саботата, а по поводот, ја укина долгогодишната забрана за продажба на патнички авиони на Иран. Веднаш Iran Air одговори дека размислува за купување прекуокеански Boeing 777, како и помал 737 за домашни летови. Паралелно државната авиокомпанија ќе купи дури и 114 авиони Airbus A320 и A340 од европскиот конурент на Boeing, пренесе Bloomberg.
Симболичната вредност на размената затвореници
Американските санкции што остануваат за Иран се наложените од Конгресот и се поврзани со финансирањето меѓународен тероризам.Но, како прв чекор и за нивно симнување може да се толкува размената затвореници меѓу Иран и САД, извршено во саботата. Иранците ослободија четворица со двојно државјанство, меѓу кои и кореспондентот на Washington Post во земјата, Џејсон Резајан, уапсен пред повеќе од година под обвиненија за шпиунажа. Друг ослободен е американски маринец, кој Иран, исто така, го смета за шпиун, и на кој првично му беше пресудена смртна казна. Во замена Иран доби седум свои луѓе, уапсени во различно време во САД, и обвинети дека
се обидувале да купат технологии за оружје за Иран во екот на санкициите. Целата атмосфера по оваа размена со позитивна симболика влијаеше така што европските финансиски и останати пазари се подигнаа, а инвеститорите и трговците очекуваат близу 80-милионскиот ирански пазар да им предложи големи можности. Иранскиот претседател се надева на непосреден позитивен ефект од симнувањето на санкциите, што Иранците ќе го почуствуваат уште пред клучните парламентарни избори во февруари, и што би се покажало како силна поддршка за реформистичкиот блок во државата. Инаку пост-санкциските теми во чиј фокус се економските можности што ги отвораат, почнаа интезивно да се разгледуваат од светските фактори по постигнувањето на договорот за нуклеарната програма на Иран, лани во јули. Земјата има 78 милиони жители, приходи во високиот сегмент на средните, и повисок БДП од Тајланд или од Обединетите арапски емирати. Инвестициската банка Renaissance Capital по јулскиот договор изрази очекувања во привите пет години по падот на санкциите во Иран да влезат една милијарда долари. Според Reuters, најголема корист од подигањето на санкциите ќе имаат мултинационалните мобилни оператори, автомобилската индустрија, хотелиерите. Германците пред повеќе од половина година го испратија министерот за економија Зигмар во Техеран да разговара за идната економска соработка. Германските компании имаат очекувања особено во делот на обнова на иранските индустриски и енергетски капацитети кои се застарени поради повеќегодишните санкции (воведени во 2006 година против политичко-религискиот режим во Техеран, со цел да се спречи создавањето на иранска нуклеарна бомба). nnn
Иран: Укинувањето на санкциите ќе ја „сруши“ цената на нафтата
СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ
ОСИГуРувАњЕ
5
февруари
2016
Година на раст: Што Го движи осиГурителниот Пазар во Македонија? осигурителниот сектор расте во континуитет последниве години: само во првите три квартали лани вкупната осигурителна премија се зголемила за речиси 8%, додека животното осигурување продолжува да расте со двоцифрени стапки: заклучно со септември 2015 вкупната полисирана премија пораснала за дури 21%! сепак, и понатаму задолжителното осигурување на моторни возила останува убедливо водечки продукт во секторот со преку 50% учество. тоа укажува дека има уште многу простор за развој на осигурителниот пазар, а пред осигурителите уште многу работа за подигање на свеста за доброволните продукти. во специјалниот прилог “осигурување“ ќе анализираме што ја движи осигурителната индустрија, кои се продуктите со најголем пораст и каде е најголемиот потенцијал за иден развој на овој бизнис. Меѓу другото, во прилогот ќе може да прочитате:
l кој е кој во осиГурителниот бизнис во Македонија: компании со најголем раст на премиите изминатава година l интервјуа со Менаџерите на најусПеШните осиГурителни коМПании l животното осиГурување расте со двоцифрени стаПки: колкав е просторот за иден развој? l доброволното осиГурување сè уШте со ГолеМ Потенцијал за раст: ниска свесност кај граѓаните за заштита на своите имоти l анализираМе за вас: кои се најдобрите осигурителни продукти за бизнисите? кои се иновативните продукти што се појавија на пазарот изминатиов период? l осиГурување од одГоворност, Менаџерски осиГурувања... странските инвеститори најголеми корисници на новите осигурителни услуги
Повеќе информации во врска со прилогот и за претставување во истиот можете да добиете на е-мail: marketing@kapital.com.mk l gordana.mihajlovska@kapital.mk или на телефонскиот број ++ 389 2 3298 505
Лицe за контакт:
ГОРДАНА МИХАЈЛОвСКА
www.kapital.mk
Капитал број 847 22.01.2016
44
Светски економски форум Давос 2016
Најмоќните, најславните и најбогатите кројат план за иднината на светот
Богатите и моќните ќе бараат чаре за неедкавоста во светот
Д
Деновиве е тој период од годината кога најбогатите, моќните и славните се собираат во познатото швајцарско гратче Давос каде зборуваат за големите прашања кои го мачат светот и пробуваат да најдат решение за светските проблеми. Без разлика колку заклучоците од овој самит, кој веќе со децении се одржува на годишно ниво (од 1971 година), навистина успеваат да дадат решенија за светските прашања (многумина овој собир го нарекуваат „геополитички театар“), факт
Без разлика колку заклучоците од овој самит, кој веќе со децении се одржува на годишно ниво (од 1971 година), навистина успеваат да дадат решенија за светските прашања (многумина овој собир го нарекуваат „геополитички театар“), факт е дека оваа година тој се случува во услови на зголемен скептицизам, темни сценарија за иднината на светот во услови не само на економската, туку и политичка и бегалска криза, па оттука и очекувањата за конкретни решенија се посилни. Капитал прави пресек на главните очекувања од Самитот и прогнозите дадени на самитот за оваа, но и годините што следат е дека оваа година тој се случува во услови на зголемен скептицизам, темни сценарија за иднината на светот во услови не само на економската, туку и политичка и бегалска криза, па оттука и очекувањата за конкретни решенија се посилни. Дека светот е соочен со една од најголемите
кризи во помодерната историја покажуваат и анализите на светски познатите консултантски куќи, кои направиле анкети меѓу извршните директори на светско ниво, а резултатите покажуваат дека нивните прогнози се во најмала рака „мрачни“. Само 27% од интервјуираните директори
Тема: „Совладување на четвртата индустриска револуција“
www.kapital.mk
Капитал број 847 22.01.2016
45 „Јужнокорејскиот робот HUBO ќе биде во главното внимание оти тој наскоро може да биде роботот кој претставува целосна замена за човекот“ Леонардо ДиКаприо, актер и активист за екологија „Ги повикувам бизнис лидерите да ја остават на страна корпоративната алчност во индустријата со нафта и да се фокусираат на подобрување на планетата. Минатиот месец во Париз, светските лидери постигнаа историски договор кој обезбедува конкретна рамка за намалување на емисијата на јаглеродот. Ова е важен прв чекот, но далеку сме од постигнување на победи во борбата за нашата иднина – за спасување на нашата планета“
Џо Бајден, потпретседател на САД „Научните и технолошките напори да се најде лек за ракот се во точка на промена, и оние што се вклучени во овој процес мора да ги удвојат напорите за постигнување на оваа цел на глобално ниво. Нашата цел е да ги напреднеме истражувањата и она што би требало да го постигнеме за 10, да го направиме за 5 години, и да ставиме крај на ракот. Не ни требаат растечки промени. Ни треба квантен скок“.
рекле дека растот (економски) ќе се подобри оваа година, додека 37% од нив, рекле дека не очекуваат раст, покажува извештајот на PriceWaterhouse Coopers. Притоа, не е само економската криза што преставува грижа за најбогатите, најславните и најмоќните. Секако тука се и геополитичките ризици, забавувањето на кинеската економија, падот на цената на нафтата, бегалската криза, полова еднаквост и јазот меѓу богатите и сиромашните. А кога сме кај јазот меѓу богатите и сиромашните, Извештајот направен токму за целите на овој самит покажува дека тој место да се намалува, постојано се зголемува. Имено, еден отсто од светските граѓани имаат повеќе богатство отколку остатокот од светот заедно“, пишува во Извештајот за богатство 2015 кој го објавува швајцарската банка Credit Suisse. Тоа значи дека олигарсите, нафтените шеици и милијардерите: 62 најбогати луѓе во светот имаат толку богатство колку и сите сиромашни луѓе кои чинат половина од светската популација, покажува новиот Извештај за богатство.
Поконкретно, имотот на 62 најбогати луѓе – меѓу нив 53 мажи – пораснал само во последните пет години за 44%, на 1,76 милијарди долари. Во исто време, вкупниот имот на сиромашните кои се половина од светската популација е намален за повеќе од илјада милијарда долари. А токму овие преку 2.500 учесници кои плаќаат големи суми за учество на самитот, се дел од 1% од луѓето кои поседуваат повеќе богатство отколку остатокот од светот. Меѓутоа, со оглед на тоа дека настанот се случува на годишно ниво, во зависност од светските случувања, и фокусот на самитот се менува. А оваа година, „ѕверките“ на овој самит се следниве:
Кои се ѕвездите на Давос 2016?
1
Џастин Трудо – новиот премиер на Канада се смета за моќен „коктел“ на човек кој доаѓа од познато семејство, личност со либерално социјална свест и премиер со огромна харизма. Неговата позитивна улога во однос на имигрантите ќе го однесат далеку, а со тоа што е нов на сцената,
„Обраќањето на Кевин Спејси на тема – театра-лноста на американската политика – е во главниот фокус на самитот
значи дека учесниците во Давос не се уморни од него и ќе сакаат да слушнат што овој човек има да каже. Но големото прашање е дали овој поранешен инструктор по сноубординг располага со дипломатски протокол кој за време на овој форум ќе го искачи меѓу врвните светски лидери останува да се види. Леонардо ДиКаприо – кандидатот за Оскар веќе ги собра наградите за борбата со климатските промени, и ги освои насловните страни со тоа што го најави својот фонд тежок 15 милиони долари за заштита на природата. Тој исто така веќе ги искара алчните нафтени компании и неговиот говор за климатските промени е нешто што многумина сакаат да го слушнат Кевин Спејси – американскиот актер кој во моментот најмногу е познат по неговата улога во серијата House of Cards, каде одлично се прикажува употребата на сила. Тој на овој форум ќе зборува токму за
2
3
www.kapital.mk
Капитал број 847 22.01.2016
46
Светски економски форум Давос 2016 Давос во бројки
Кои се прогнозите за оваа година? n Ќе се давиме во нафта –
пазарите би можеле да се удават во залихи откако беше постигнат договор со Иран за производството на нафтата, што пак го поплочува патот за нови намалувања на цените. n Луѓето ќе донесат катастрофа на земјата Стивен Хокинг предупреди дека нуклеарната војна, глобалното затоплување и вирусите од гентското инженерство преставуваат закана за човештвото, што пак ќе биде проследено со нови научни достигнувања кои ќе креираат „нови начини преку кои работите ќе да одат на лошо“. n ЕУ ќе ги промени правилата за мигрантите – Брисел ќе укине законите кои ја прават првата земја во која беглаците ќе влезат да биде одговорна за било какви азилантски барања, ќе направи
театралноста во политиката на САД, тема која секогаш го има светското внимание Кристин Лагард – челникот на ММФ зборува за најголемите предизвици и грижи во светската економија, но и за бегалската криза, забавениот раст од кинеската економија. Очекувањата се дека таа треба да даде една „трезна“ слика за светот и да одговори како светот може да се справи за овие прашања Дејвид Камерон – британскиот премиер кој се соочува со тешкиот референдум за останување или излез на Британија од Европската унија е исто така во фокусот на овој самит. Оти токму исходот од референдумот ќе има огромни влијанија не само по Британија, туку и кон Европската
4
5
револуција во мигрантската политика во европските блок и ќе го помести товорот од јужните земји кон побогатите северни членки. n Автоматски парадокс – грижите дека зголеменото автомизирање и употребата на роботите ќе водат до масивна невработеност се погрешни. Работниците ќе имаат поголеми можности за вработување ако нивните занимања бидат подобрени со некоја диплома за комјутерска автоматика. И секако – тие треба да научат како да ги употребуваат новите комјутерски алатки. n Сајбер напади – нов бран на сајбер напади ќе се случуваат оваа година откако државите ги извадија ракавиците после договорот постигнат со Иран. Сајбер напади на енергетските полиња во Украина и банките во Труција минатиот месец, се само најава за она што доаѓа
унија во целост, за што се посилни се убедувањата дека е на работ на целосен распад Травис Каланик – извршниот директор на Uber е исто така еден од најинтересните говорници на овој самит, особено поради тоа што е репрезент на револуционерни технологии кои би можеле да бидат причината за укинување на милионски работни места низ светот. Маурицио Макри – ова е уште нов светски лидер, и воедно е првиот аргетински челник кој после многу години зема учество на Давос. Ова е одличен чекор преку кој тој сака изолираната економија во Аргентина да ја врати во светскиот фокус и да донесе повеќе финансиери и инвеститори во неговата земја
11.000
е популацијата во Давос
30.000
е популацијата во Давос за време на овој состанок
1.074
извршни директори или претседатели на управи учествуваат на форумот
40+
светски лидери се дел од Светскиот економски форум
45
врвни научници се исто меѓу учесниците
18%
6
од учесниците се жени
4
се добитници на Греми награди (Bono (U2), Will.i.am, Yo-Yo Ma, Peter Gabriel)
7
8
Роботот ХУБО – јужнокорејскиот робот HUBO ќе биде исто во главното внимание оти тој наскоро може да биде роботот кој претставува сериозна замена за човекот
СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ
МЛЕчНА ИНдуСтРИЈА
29 јануари
2016
маКедонсКиот “млечен Пат“ бизнисот со млеко и млечни производи предизвикува прилично контроверзии во домашната јавност изминативе години: субвенциите во млекопроизводството растеа, а резултатот е сè помало производство и поголем увоз. во специјалниот прилог “млечна индустрија“ што ќе излезе на 29 јануари, ќе анализираме каква ќе биде 2016 година за овој бизнис сектор и што треба да се направи за поголемо производство и извоз на млечни преработки. во прилогот ќе може да прочитате:
l анализа на Пазарот: КолКу млеКо се произведува во маКедонија, КолКу се преработува, а КолКу се увезува? l КаКва стратегија имаат домашните КомПании за “борба“ Против огромната странсКа КонКуренција... l КаКви се Прогнозите и Плановите на бизнисмените од млечната индустрија за 2016 година l Кој е Кој во млечната индустрија: најголеми играчи на пазарот l КолКав е извозот на млечни Производи и Кои Пазари се најголема шанса за домашните Производители Повеќе информации во врска со прилогот и за претставување во истиот можете да добиете на е-мail: marketing@kapital.com.mk l gordana.mihajlovska@kapital.mk или на телефонскиот број ++ 389 2 3298 505
Лицe за контакт:
ГОРдАНА МИХАЈЛОВСКА
www.kapital.mk
Капитал број 847 22.01.2016
N 48
CEO PrOfilE
Nestle е најголемиот производител на храна и пијалаци во светот. Продава повеќе од 1,3 милијарди производи секој ден. Во 2014 година вкупните продажби на компанијата беа речиси 85 милијарди евра, што беше раст од 4,5%. Резултатите за 2015 сè уште не се објавени официјално, но швајцарскиот мултинационален гигант проектираше раст од 5%, преку подобрување на профитната маржа и продолжување со адаптацијата, како што се менуваат и потрошувачките навики, а тоа пред сè значи, раст на побарувачката за здрава храна. Но, она што ги прави овие бројки уште поимпресивни, како што вели порталот europeanceo.com, е што компанијата постигнува раст од година во година во еден од најтешките економски окружувања во историјата. И покрај успехот, лидерот на компанијата, Пол Балке, е прилично скромен околу целата таа работа. Тој смета дека добри резултати како овие е природно нешто за корпорација што ги демонстрира своите клучни предности и комуницира едноставна, универзална порака што може да се сподели и разбере од потрошувачите и вработените. “Што е мојата работа? Да имам вистинска цел што ја споделуваат луѓето, па затоа мора да биде едноставно“, вели Балке, кога Fortune го прашa на кој начин води организација толку голема и комплексна како Nestle. “Toa е како да пишувате ноти за песна по кои што сите луѓе во Nestle може да пеат...и потоа, многу битна работа е да имате многу јасни вредности како компанија – ете, тоа е мојата работа.“ За Балке, инаку Белгиец по националност, лидерството значи да ги имаш вистинските луѓе на вистински места. Во интервјуто, тој објаснува дека компанијата е со релативно малку хиерархиски нивоа, со тоа што за секој пазар се одговорни менаџери за кои што Балке вели дека со исклучителна посветеност се грижат за компанијата. “На крајот на денот, нашата цел е многу едноставна и секој, без оглед дали е продавач во Африка или вработен во фабрика во Еквадор, треба да ја разбере. И мислам дека тоа е трикот или тајната на тоа како да мобилизирате толку многу луѓе. Ова не е шоу на еден човек“. Nestle, како и сите големи бизниси, има менаџмент стил заснован на доверба. Невозможно би било да се микроменаџира компанија од таа величина, дури и со целосна доверба во тие околу вас. Меѓутоа, низ
Пол Балке
ИЗВРШЕН ДИРЕКТОР НА NesTle
како е да се води најголемиот ПроиЗводител на храна во светот
Позицијата главен извршен директор на мултинационална компанија со преку 330 илјади вработени и најголем производител на храна во светот е голема одговорност. За среќа, шефот на Nestle Пол Балке е многу свесен за важноста на здравјето, иако неговиот став околу водените ресурси сè уште предизвикува контроверзии и критики. годините швајцарската корпорација беше погодена од критики и контроверзии околу нејзините бизнис практики, безбедносниот аспект на различни активности и најново, нејзиниот став околу прашањето за приватизација на водените ресурси на планетава. Но, она што е поинтересно е како Балке и неговиот тим успеаја да ја придвижат компанијата која веќе беше колосална до уште поголеми височини и помогнаа да ги обнови своите врски на доверба со потрошувачите од цел свет.
контроверзии околу водата
Имајќи предвид дека Nestle е најголемиот производител на храна и пијалаци во светот, не е изненадување што се силно заинтересирани за водата како ресурс. Водата е потребна за производство на безмалку сите нивни производи, меѓу кои популарното кафе Nescafe или пак чоколадните бисквити KitKat. Nestle e и самата производител на пакувана вода во шишиња. Меѓутоа, во 2012 година компанијата
ПредиЗвик: ПроиЗводството на Здрава храна За следење на
www.kapital.mk
Капитал број 847 22.01.2016
49 беше силно критикувана заради своите гледишта околу приватизацијата на водените ресурси, во документарниот филм со наслов “Флаширан живот“ (Bottled Life) од страна на швајцарските автори Урс Шнел и Рес Геригер. Главната поента на филмот беше да покаже дека приватизацијата на водите ќе доведе до исцрпување на водените ресурси. Филмот предизвика многу негативен публицитет за Nestle, повеќето насочен кон поранешниот компаниски директор и претседател Петер Брабек – Летмате. Во филмот е прикажан видео исечок каде што тој дискутира дека концептот на водата како основно човеково право е екстремна позиција, што на крајот наметна генерален заклучок на публиката дека и Nestle како компанија е против тој концепт. Како одговор, Брабек – Лемате напиша отворено писмо до јавноста, во кое стоеше: “Водата за пиење и основни хигиенски потреби секако дека е човеково право, односно 25 литри дневно по човек или 1,5% од глобалната потрошувачка на вода. Фундаментална одговорност на владите во светот е да обезбедат нивните граѓани да бидат снабдени со оваа количина на вода, и недозволиво е денес тоа сè уште да е проблем за повеќе од 800 милиони луѓе. Од друга стана пак, дека останатите 98,5% од свежа вода што се користат секојдневно – вклучително и наводнувањето на голф терените или миењето автомобили – е човеково право. Мора да дејствуваме многу поодговорно со нашиот најскапоцен ресурс; расипничкото трошење на водата нема да престане сè додека водата нема своја вредност.“ Актуелниот СЕО е исто така силен поборник на тоа дека на водата мора да и се даде вредност. Во 2012 година, во својот говор на годишната конференција World Water Week во Стокхолм, Шведска, Балке ги повика владите во светот да бараат начини за справување со глобалниот недостиг на вода, проблем за кој што многу научници велат дека ќе биде главното планетарно прашање во иднина. “Ако нешто нема вредност, луѓето ќе го трошат без контрола“, вели Балке. “Водата е нашиот најкорисен ресурс, но тие што најчесто ја користат најчесто не ги покриваат ниту трошоците за нејзината инфраструктура. Свежата вода масовно се користи за сметка на природата, но се чини дека само глобална криза ќе нè натера да сфатиме колку е важно ова прашање. Она што е неодржливо од еколошки аспект денес, ќе биде социјално неодржливо утре.“, вели Балке.
Поврзаност со потрошувачите
Потрошувачките навики, особено за храна и пијалаци, се променија многу последниве две децении. Луѓето бараат поедноставни и поздрави опции. За многу прехранбени компании како Nestle, одржувањето чекор со овие променети барања на потрошувачите е особено тежок предизвик. Денес, потрошувачите стануваат сè позаинтересирани и за етиката во целиот процес на производство на храна и
Nestle во бројки
1886
година oснована
84,6
милијарди евра приход во 2014 г.
13,4
милијарди евра профит во 2014 г. Пол Балке, заедно со поранешниот директор и сегашен претседател на Nestle, Петер Брабек – Летмате Шефот на Nestle во посета на една фарма за кафе во Кенија. Nestle во 2010 година се обврза дека ќе ја зголеми двојно количината на кафе што ја купува директно од фармерите.
претпочитаат да купуваат производи што се природни и пред сè, ослободени од сè што може да биде класифицирано како вештачко. Ова поставува сериозни задачи пред Балке и неговиот тим, што значи цели линии на производи, особено во сегментот на ужини и безалкохолни пијалаци, да бидат повторно осмислени и ребрендирани со цел да се задоволат барањата на пазарот. Меѓутоа, притисокот за промени не доаѓа само од потрошувачката јавност. Nestle и останатите производители на храна мора да одговорат и на барањата на владите што сакаат да се борат против своевидната епидемија на дебелина која што се случува во многу развиени економии. Според Светската здравствена организација, доколку компаниите за храна не се спремни да ги променат своите производи, околу 400 милиони луѓе во светот ќе станат дијабетичари во блиска иднина. Со цел да одговори на овие барања на потрошувачите и владите, Nestle инвестираше повеќе од 50 милиони долари во 2015-та година за изградба на нов истражувачко -развоен центар во Салон, Охајо, САД, со намера да ги подобри своите смрзнати производи.
339
илјади вработени
“Она што го забелеавме кај потрошувачите е дека тие сакаат хранливи производи, но не се фокусирани на солта и маснотиите како пред неколку години“, вели Балке. “Премногу комуникација за тоа дека треба помалку сол и маснотии, може да води до перцепција дека вкусот на храната ќе се расипе. Ние откривме, дека ако се фокусираме на тоа што го правиме со хранливите состојки, здравјето и благосостојбата и на што потрошувачот се фокусира во производот – како го правиме производот покрцкав или покремав, како го правиме вкусот повпечатлив – тоа се нештата со кои што купувачите се идентификуваат, и многу често може да ги постигнеме тие две работи во исто време.“ Реакцијата на Балке на овие промени во пазарните трендови и потрошувачки навики беше круцијална во напорите Nestle успешно да плови во немирните економски услови во кои се наоѓа светот последниве години. Тој исто така, се надева дека преку интензивно инвестирање во развој и унапредување на производните линии на компанијата, таа ќе биде во можност да се поврзе со новата генерација на потрошувачи што го ставаат здравјето на прво место кога ги избираат своите оброци. nnn
а новите трендови е клучниот Предизвик за Балке и Nestle
www.kapital.mk
Капитал број 847 22.01.2016
50
Интервју
Роберт Хоган
експерт за лидерство и организациска ефикасност
Добро лидерство е способност на формирање и водење на тим со голема ефикасност
Роберт Хоган е експерт за лидерство и организациска ефикасност. Тој е познат по иновациите на полето на тестирање на лични карактеристики кај луѓето, а меѓу клиентите во неговата компанија, се најсилните компании од над дваесет земји до светот, меѓу кои и многу од листата најголеми на Fortune 500.
Хоган: Парите не се клучни за да се задржат вработените
www.kapital.mk
Р
Роберт Хоган е експерт за лидерство и организациска ефикасност. Тој е познат по иновациите на полето на тестирање на лични карактеристики кај луѓето, а меѓу клиентите во неговата компанија, се најсилните компании од над дваесет земји до светот, меѓу кои и многу од листата најголеми на Fortune 500. Тој при својата посета во Загреб да де интервју за порталот Stretego.hr. кое го пренесуваме во целост. Американскиот психолог др. Робер Хоган, еден од најголемите светски авторитети за проценка на личните карактеристики, лидерство и организациска ефикасност, на 15 мај 2015 во Загреб одржа предавање на тема - Пресудувања и одлучувања. Хоган е познат по иновации на полето на тестирање на личните карактеристики, со што, меѓу другото, се занимава и компанијата Hogan Assesments, која тој ја основа. Меѓу клиентите на оваа компанија спаѓаат најјаките компании од дваесет земји од светот, меѓу кои и многу од листата Fortune 500. Хоган докторираше на Беркли, а долг период беше на чело на катедрата за психологија на Универзитетот во Тусла, по што предаваше психологија и социјални односи на Универзитетот Johns Hopkins. Неговите тестирање се реткост во полетот на лидерството по тоа што се научно втемелени и имаат цврста теориска база. Последните години најмногу внимание предизвика неговото истражување на тема мрачните страни на карактеристиките на менаџерите и вработените. Станува збор за потенцијал со кој одредени позитивни карактеристики, на основа на силен стрес, преминуваат во екстремен, негативен
Капитал број 847 22.01.2016
51 Интегритет, компетенција, расудување и визија се најважните карактеристики кои следбениците ги бараат во лидерите. облик. Пример, природно скептичен манаџер, што инаку се смета за добра карактеристика, под стрес може да стане претерано сомнителен и постојано да се расправа. XX Вашите истражување за мрачните страни кај луѓето се фасцинантни и вашиот веб повикува да се помине повеќе време во однос на оваа тема. Како можеме да спречиме, оваа мрачна страна, да не превладее кога сме под стрес на работа? Овде важни се две работи. Прво, мора да бидете свесни за вашите тенденции кон мрачните страни. Второ, треба да ги прашате другите луѓе да ви дадат повратна информација за вашето однесување кога ја манифестирате таа мрачна страна и така да научете да препознавате што е она што ве прави такви. XX Можеме ли воопшто да ја надвладееме таа мрачна карактеристика? Можеме ли да ја поправиме, ако се спознаеме какви сме? Можете да го промените вашето однесување, но не можете да ги промените вашите втемелени тенденции и желби. Само ќе работите спротивно до своите фундаментални импулси. XX Многу слушаме за добро лидерство. Како виe би го дефинирале доброто лидерство? Доброто лидерство е способност на формирање и водење на тим со голема ефикасност.
XX Кои се најважни особини на лидерите? Интегритет, компетенција, расудување и визија. Студиите покажуваат дека тоа се најважните карактеристики кои следбениците ги бараат во лидерите. XX Како организацијата може да ги задржи своите најдобри работници? Повеќе истражувања покажуваат дека парите не се одговор на ова прашање. Во право сте. Работата е во ангажираноста, односно тие мора да имаат позитивен однос со вработените. Да направите лидерите да бидат ангажирани е клучот на задржувањето. XX Вашата компанија работи со многу различни глобални клиенти, од САД до компании во Кина, дури дел од нив се од листата Fortune 500. Како се прилагодувате спрема нивните потреби, и постои ли заеднички именител кој ги поврзува? Начинот на кој ги мериме карактеристиките е глобално конзистентен, како што се и особините кои ве прават лидер и успешен. Меѓутоа, одредени однесувања различно се перципираат во различни култури, па затоа силно се трудиме културно и лингвистички да се прилагодиме во нашите проценки и извештаи. Гледаме дека и културите имаат некакви разлики во вредностите. Блиску соработуваме со партнерите на терен со цел да се осигуриме дека сме локално релевантни. Односно, мислиме глобално, а делуваме локално. nnn
www.kapital.mk
Капитал број 847 22.01.2016
52
Лидерство
РЕКОА ЗА ...
С
политичките избори и гласањето
Половина од Американците никогаш не прочитале весник. Половина никогаш не гласале за претседател. Се надевам дека се работи за истата половина
САД влегоа во изборна година, па допрва ќе се вжештуваат политичките дебати и бескомпромисната борба на партиските кандидати за тоа кој да влезе во финалната трка за претседател на државата. Македонија исто така, ја очекува напнат период кога станува збор за политиката и изборите, па решивме овој пат да споделиме лични ставови околу правото на гласање и изборите на неколку големи светски личности.
Погрешно е мислењето дека демократија значи оти ‘моето незнаење е исто толку вредно колку твоето знаење
Исак Асимов
американски писател и професор од руско потекло
Да имаш свое мислење не значи да се согласуваш или не. Да имаш свое мислење значи да гласаш
Гор Видал
американски писател и сценарист
Роберт Фрост американски поет
Најдобар аргумент против демократијата е петминутен разговор со просечен гласач
Ако гласањето на избори можеше да менува нешто, ќе го забранеа
Ема Голдман
политички активист и анархист
Винстон Черчил
поранешен британски премиер
Никогаш не сум гласал во животот... Сфатив дека идиотите се секогаш во мнозинство, па извесно е дека ќе победат
Бескорисно е за овците да изгласаат резолуција за вегетаријанство додека волците остануваат со различно мислење
Луј Фердинанд Селин француски писател и лекар
Вилијам Инге американски пистател
Лошите властодршци се избрани од добри граѓани што не гласаат
Џорџ Нејтан
американски драмски критичар и новинар
Чарлс Буковски
американски писател
Разликата помеѓу демократијата и диктатурата е што во демократијата прво гласаш и потоа примаш наредби. Во диктатурата нема потреба да губиш време гласајќи
ЕдноднЕвна обука на тЕма:
Подготовка на финансиски извештаи и годишен извештај за работењето на друштвата l 28.01.2016 (четврток) l 09:00-16:00 часот l во просториите на Институт концепт, Скопје Цел на обуката:
Целта на обуката е обработка на специфичности од областа на меѓународниот Сметководствен стандард 1 – Презентирање на финансиските извештаи, како и основите за признавање и евидентирање на елементите на финансиските извештаи.
Марјан андонов, Партнер за ревизија
содржина на обуката: l l l l l
Предавачи:
l
Грант торнтон македонија Маја атанасовска, Сениор менаџер за ревизија Грант торнтон македонија
Рок за пРијавување: 26 јАНуАри 2016
l l
вовед во мСС 1 – Презентирање на финансиски извештаи; Подготовка на Извештај за финансиската состојба; Подготовка на Извештај за сеопфатната добивка; Подготовка на Извештај за промени во капиталот; Подготовка на Извештај за паричните текови; Подготовка на белешки кон финансиските извештаи; мСС 8 – Сметководствени политики, промена на сметководствени проценки и грешки; Годишен извештај за работењето согласно Законот за трговски друштва.
КОНТАКТ: м-р Ленче Зикова и м-р Бојана Делидинкова l e-mail: institut@koncept.com.mk l 02 3216 962
Капитал број 847 843/844/845 22.01.2016 25.12.2015
www.kapital.mk
лидери лидери 54 54
Хауард Шулц основач на старбакс
луѓето сакаат лидерство, не реторика
Х
Хауард Шулц е основач на ланецот кафе ресторани старбакс (Starbucks). тој важи за еден од најуспешните и најинспиративни лидери во светот на бизнисот. неговиот успех да изгради бренд кој денес е синоним за кафе, е нешто што и денес се предава како пример за тоа како вистинските брендови треба да ги градат врска со своите потрошувачи. Еден од основните аспекти на лидерството, кој се повеќе го разбирам, е способноста да поттикнеш доверба кај другите, кога ти самиот се чувствуваш несигурен.
На почетокот сфатив дека треба да вработувам попаметни и поквалификувани луѓе од мене во одредени области, на кои им делегирав добар дел од донесувањето на одлуки. Не можам да ви кажам колку тешко беше тоа.
Сонувај повеќе отколку што другите мислат дека е практично. Очекувај повеќе отколку што другите мислат дека е возможно. Кога си опкружен со луѓе кои делат страсна обврска за заедничка цел, тогаш се е возможно.
Намалување на цените и распродажба не е одржлива бизнис стратегија. Не можеш да скратиш толку трошоци за да зачуваш патот кон просперитетот.
Секој бизнис кој денес прифаќа статус-кво како принцип на работа, утре ќе биде мртов.
Луѓето сакаат лидерство, не реторика. Сакаат да знаат кој е планот за акција и како тој ќе биде имплементиран. Сакаат да им биде дадена одговорност да се обидат да решат некој проблем”