WWW.KAPITAL.MK
Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...
COVER STORY
СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ ТУРБУЛЕНЦИИ
ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА ЕВРОПСКИОТ ТЕЛЕКОМ ПАЗАР И МАКЕДОНИЈА ЗАФАТЕНА ОД БРАНОТ ПОЛИТИКА
ШТО ПО ЛИДЕРСКАТА СРЕДБА ВО ПОНЕДЕЛНИК?!
ЗОШТО НА КОМПАНИИТЕ ИМ ТРЕБА ЕНЕРГЕТСКИ
АНАЛИЗА
КАПИТАЛ SPECIAL МЕНАЏМЕНТ
ТОП 100 ИЗВОЗНИ ПРОИЗВОДИ Инвестициите носат заштеди и до 50%, а се враќаат брзо
СУПЕРМАРКЕТИТЕ ПЛАЌААТ КОГА САКААТ, КОЛКУ САКААТ И КАКО САКААТ
КОЈ ГО ВЛЕЧЕ МАКЕДОНСКИОТ ИЗВОЗ? НЕКОЈ НАВИСТИНА Е ПОСВЕТЕН ВО ЗЕЛЕНИТЕ ИНИЦИЈАТИВИ Запознајте ги енергетски најефикасните градови
КАПИТАЛ АНАЛИЗА
COVER STORY
15 АКЦИИ ОД РЕГИОНОТ ВО КОИ Е НАЈИСПЛАТЛИВО ДА СЕ ИНВЕСТИРА
СИТЕ АПСУРДИ НА МАКЕДОНСКИОТ ИЗВОЗ И УВОЗ
ИНВЕСТИРАЈ, ЗАШТЕДИ, ПРОФИТИРАЈ! ГОЛЕМА ИНВЕСТИЦИЈА НА МАКСТИЛ ОД 22 МИЛИОНИ ЕВРА ЈОРДАНОВ: МЕТАЛУРШКИТЕ КОМПАНИИ ВО ЦЕЛИОТ СВЕТ ИМААТ ПОСЕБЕН ТРЕТМАН ОД ДРЖАВАТА
БИЛДЕРБЕРГ: КАКВА ИДНИНА КРОИ СВЕТСКАТА ВЛАДА? WWW.KAPITAL.MK
БРОЈ 817 | ЦЕНА 100 ДЕН. | 26 ЈУНИ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16
ОХРИДСКА БАНКА СОСИЕТЕ ЖЕНЕРАЛ Сè поголем интерес за поддршка на проекти од областа на енергетската ефикасност
СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...
WWW.KAPITAL.MK
АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ
14 ГОДИНИ ГРАДИТЕЛСКА ПРИКАЗНА
НАУКА
КАКО СТАНАВМЕ НАЈГОЛЕМ МАКЕДОНСКИ ИНВЕСТИТОР ВО ВИСОКОГРАДБА
БРОЈ 852 | ЦЕНА 100 ДЕН. 26 ФЕВРУАРИ, 2016 | ПЕТОК | ГОДИНА 17
КАКО НИКОЛА ТЕСЛА ГО ГЛЕДАЛ 21 ВЕК?
РАЗВОЈОТ НА ЖИВОТОТ ЌЕ БИДЕ ПОД ЦЕЛОСНА КОНТРОЛА НА НАУКАТА?
Бизнисот бара посебен даночен режим за холдинзи
3
Капитал број 852 26.02.2016
СОДРЖИНА
10 04
profile
08
НАВИГАТОР
10 16 18
ФЕНОМЕНИТЕ САНДЕРС И ТРАМП In Memoriam - Умберто Еко Интелектуалец со ренесансна широчина
18 24
АНАлИЗА
28
cover story
cover story Што извезува и увезува Македонија? Сите апсурди на македонскиот извоз и увоз
кАПИТАлНО БИљАНА ЗДРАВкОВСкА СТОјчЕВСкА Профитот на банките и загубите на фирмите
БЕРЗИ И ФИНАНСИИ Се поврзуваат берзите од Скопје, Софија, Загреб, Белград и љубљана 15 акции од регионот во кои е најисплатливо да се инвестира
37
52 n Македонија добива
згради што штедат енергија и загадуваат помалку n ПРОкРЕДИТ БАНкА прва банка која нуди еко депозити за граѓаните и бизнисите во македонија n Некој навистина е посветен во зелените иницијативи Запознајте ги енергетски најефикасните градови
Зошто холдингот не може да заживеа во Македонија? Бизнисот бара посебен даночен режим за холдинзи Адора инженеринг 14 години градителска приказна Како станавме најголем македонски инвеститор во високоградба
СПЕцИјАлЕН ПРИлОГ
52
НАУкА
58
МАРкЕТИНГ И ПРОДАЖБИ
62
лИДЕРИ
ЕНЕРГЕТСкА ЕФИкАСНОСТ Зошто на компаниите им треба енергетски менаџмент Инвестициите носат заштеди и до 50%, а се враќаат брзо n како до финансии за енергетска ефикасност Повеќе кредитни линии за македонските бизниси n Охридска Банка Сосиете Женерал Сè поголем интерес за поддршка на проекти од областа на енергетската ефикасност n
како Никола Тесла го гледал 21 век? Развојот на животот ќе биде под целосна контрола на науката Сите ние сме продавачи Употребете ги овие 3 техники за да станете подобри продавачи РИчАРД БРАНСОН
претприемач и иноватор
Не може да бидете добар лидер ако не ги сакате луѓето
РАј ЗА УВОЗНИцИ
кУПУВАњЕ ОД ПЕТ БЕРЗИ
ТЕСлА
Капитал анализираше што сe’ Македонија увезува и заклучокот е дека навистина увезуваме се’ и сешто: човечка коса, перики, лажни трепки и бради, лисја и гранки, мов и лишај, црева и желудници од животни, рогови, сперма на бикови, гаќи, флипери, кибрити, свеќи... се само дел од чудните производи кои се увезуваат во Македонија и за кои се плаќаат тешко заработени милионски износи на девизи.
Инвеститорите од Македонија, Бугарија, Србија, Хрватска и Словенија ќе може да купуваат акции од која било компанија што котира на некоја од петте берзи од овие земји откако тие се споија во една платформа за тргување. Во очекување оваа платформа СЕЕ Линк да проработи до крајот на идниот месец, Капитал анализира кои се најатрактивните акции во кои што би можеле инвеститорите да ги вложат своите пари.
Никола Тесла отсекогаш бил посебен човек и научник, заради јасната и чиста мисла. Познатиот граѓанин на светот, како што самиот се нарекувал, бил пред времето, и тогаш, а и денес. Во прилог Капитал пренесува одредени делови од неговото интервју објавено во весникот Liberty во февруари 1937 година, во кое тој зборува како ја гледа иднината во 21 век.
XX Стр. 10
XX Стр. 18
XX Стр. 52
Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје l Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31 l П. ФАХ 503, 1000 Скопје l Основач и директор: Љупчо Зиков l Одговорен уредник: Биљана Здравковска Стојчевска l Печати: Графички центар Скопје, ул. Скупи бб, 1000 Скопје l Тираж: 3.000 примероци l Датум на печатење: 25.02.2016
profile
www.kapital.mk
“
Потребна ни е политичка револуција. Здравственото осигурување не е привилегија, туку право на сите граѓани на САД
ФЕНОМЕНИТЕ САНДЕРС И ТРАМП
Иако има уште неколку месеци до претседателските избори на САД закажани за 8 ноември, во трката за претседателски кандидати во двете најголеми партии, освен Хилари Клинтон се наметнаа двајца за многумина аутсајдери Берни Сандерс и Доналд Трамп. Овие двајца кандидати имаа прилично радикални идеи и предлози, а високата поддршка за нивните идеи укажува на промени во САД.
Капитал број 852 26.02.2016
K
Како да се сфати неверојатниот успех на “социјалистичкиот” кандидат Берни Сандерс на примарните избори за претседател на САД? Овој сенатор од Вермонт моментално води пред Хилари Клинтон меѓу демократските избирачи на возраст до 50 години, а благодарејќи на постарата генерација Хилари и понатаму има вкупна прендост пред Сандерс. Тој можеби и ќе ја изгуби трката со прецизната предизборна машинерија на Клинтон и конзервативните медиуми, но тој сигурно е најголемо изненадување во оваа претседателска кампања. Но, многу светски медиуми веќе го прогласија за своевиден феномен, со оглед на фактот што тој нуди социјалистички идеи кои наоѓаат на голема поддршка кај најмладите гласачи. Сандерс има одлична поддршка меѓу меѓу генерацијата која е наречена The Millennials. Според последните анкети во САД, објавени во The New York Times, 87% од младите на возраст 18-29 рекле дека ќе гласаат за Сандерс, споредено со 13% кои би ја поддржале Клинтон. Она што некои се обида да го наметнат како заклучок е дека можеби се ближи конечниот крај на политичко-идеолошкиот цикслус започнат со Роналд Реган на изборите во 1980 година. Успехот на Сандерс за многу аналитичари покажува дека голем дел од Америка е веќе уморен од растечката нееднаквост и дека дава голема поддршка на неговата намера да го заживее прогресивното оданочување. Сандерс во својата предизборна кампања ветува дека ќе го врати прогресивното пданочивање и ќе ја зголеми миминалната плата на 15 долари за час. Според него, здравственото осигурување е право, а не привилегија и затоа ветува дека ќе воведе бесплатно здравствено осигурување. Тој исто така најавува дека ќе воведе и бесплатно високо образование. Неговите ветувања за економијата се уште порозови. Сандерс ветува економски раст од 5,3% годишно и намалување на евработеноста на 3,8%. За некои економски експерти ова е рамно на утопија, додека за други тоа не е така неостварливо, бидејќи Америка во 80-те години имала периодот на голем економски раст и ниска невработеност. Планот на Сандерс е во економијата да вбризга 14,5 трилиони долари преку капитални трошења за инфраструктура и поттикнување на врабоетувањето на младите луѓе, што сигурно ќе го зголеми американскиот БДП.
profile
5
Според Вашингтон пост тајната на успехот на Доналд Трамп е во силината на неговиот карактер заради што и кога греши и тропа глупости, звучи како да се во право. Оваа реторика на Сандерс ја прифаќа голем дел од младите Американци. Но, сите се согласуваат дека ова се прилично прогресивни политички идеи кои може да го променат начинот на кој функционираат САД. Самиот Сандерс неговиот успех во трката за претседател ја нарекува политичка револуција. Ако Сандерс би победил на овие претседателски избори тоа би било прв Евреин на чело на Америка. Победата на Хилари, пак, исто така би била историска, бидејќи би била првата жена на чело на САД.
Феноменот Трамп се поблиску до кандидатурата
Во меѓувреме, Републиканската партија предизборната поддршка ја добива за националистички, анти-имигрантски и анти-муслимански идеи. Доналд Трамп е феноменот во редовите на Републиканците кои засега ја има најголемата поддршка во трката за претседател на САД. Милијардерот Доналд Трамп победи на предизборите во сојузната држава Невада, одржани во вторникот. Со оваа победа силно се зацврсти неговиот статус за главен кандидат на Републиканската партија за претседател на САД. Според иницијалните резултати, главните противкандидати во трката за републиканската номинација, сенаторот од Флорида, Марко Рубио и сенаторот од Тексас Тед Круз, се борат за второ место. Партиските избори во Невада уследија по сличните предизбори во јужна Каролина,
каде Трамп освои речиси третина од гласовите. Тој засега се чини дека ја има неограничената поддршката од белите богаташи во САД. Според Вашингтон пост тајната на успехот на Доналд Трамп е во силината на неговиот карактер заради што и кога греши и тропа глупости, звучи како да се во право. Силата на карактерот често ја одредува и силата на политичарот. Тој е харизматичен и самоуверен и делува дека секогаш има одговор кој е многу јасен за најголем број на гласачите. Трупм има голема поддршка и заради неговите остри ставови против имигрантите, со оглед на фактот што дури 70% од Републиканците сметаат дека имигрантите се тие кои ја ослабуваат американската економија и дека тие треба да се депортираат. Трамп тоа мислење го форсира. Тој се позиционира како претставник на оние кои ја мразат елитата која ја води земјата и кој никогаш не се плаши јавно да го каже тоа што го мисли. Поддршката на неговите изјави од типот дека сите Мексиканци се нарко дилери и силувачи и дека сите муслимани се зло, само покажуваат дека истото го мислат и неговите поддржувачи, но не се осмелуваат тоа да го кажат јавно заради стравот дека ќе бидат осудени и ќе го навлечат бесот на јавноста. Прелиминарните избори во двете партии ќе трајат до јуни, а потврда за кандидатурата победниците ќе добијат на конвенциите закажани во јули. Претседателските избори во САД ќе се одржат на 8 ноември. nnn
6
Капитал број 852 26.02.2016 издава: Капитал Медиа Гроуп основан 1999 година основач: Љупчо Зиков бул. ВМРО бр.7, зграда 1, влез 1, кат 6, стан бр.31
тел. ++ 389 2 3280 910 www.kapital.mk www.facebook/KapitalMK
Претплатете се на КАПИТАЛ...
АНАЛИЗА
И
ЕВРОПСКАТА ЕНЕРГЕТСКА ЗАЕДНИЦА ПРЕДУПРЕДУВА: МАКЕДОНИЈА Е ЗЕМЈА СО ЗАРОБЕН ЕНЕРГЕТСКИ ПАЗАР!
Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...
ГОДИНИ
дејата и визијата за тоа што сакаат да направат, беше највредниот капитал кој го COVER STORY поседуваа луѓето што ја почнаа приказната КОЈ УПРАВУВА СО за Капитал пред повеќе од 15 години. Со МАКЕДОНСКАТА макотрпна и посветена работа на својот тим, ЕКОНОМИЈА? магазинот се наметна како еден од најрелевантните извори на квалитетни информации во Македонија и регионот, значајни за приватниот, јавниот и невладиниот сектор. Да се биде лидер на пазарот во својот сегмент е голема чест и задоволство, но и голема обврска кон сите што секоја недела нетрпеливо го чекаат Капитал да ги информира за економските проблематики и актуелности, но, и да ги едуцира со своите содржини за најновите трендови. СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ АВТОМОБИЛИ Капитал се чита во директорски канцеларии, Капитал АВТОМОБИЛСКИОТ ПАЗАР УШТЕ СЕ БУДИ ОД КОМА се чита во кабинети на политичари, Капитал се чита КОЈ ЌЕ ПРЕЖИВЕЕ, ЌЕ РАСКАЖУВА АНАЛИЗА: КОЛКУ “ТЕЖИ” СПЕЦИЈАЛНИОТ ТИМ НА ОБВИНИТЕЛИ? на универзитети, институти, “тинк-тенк” центри.... едноставно Капитал е секаде кај што се со годишна донесуваат одлуки и креираат п ретплата од политики и стратегии. БИЗНИС И ПОЛИТИКА КАКВА ВИЗИЈА ИМА СДСМ ЗА МАКЕДОНИЈА?
Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...
АВТОМОБИЛСКИОТ ПАЗАР УШТЕ СЕ БУДИ ОД КОМА
специјален прилог
АВТОМОБИЛИ
КОЈ ЌЕ ПРЕЖИВЕЕ, ЌЕ РАСКАЖУВА
АВТО САЕМ ФРАНКФУРТ 2015 КОИ НОВИ МОДЕЛИ МОЖЕ ДА ГИ ВИДИМЕ НАСКОРО И НА МАКЕДОНСКИТЕ ПАТИШТА?
WWW.KAPITAL.MK
БРОЈ 833 | ЦЕНА 100 ДЕН. | 16 ОКТОМВРИ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16
Во време кога квалитетната информација е најскапоцен ресурс, не дозволувајте да останете без најскапоценото. Станете и вие дел од семејството на редовни читатели на Капитал и искористете ги поволните пакети за претплата што ги подготвивме за вас.
4.100 20%
Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...
COVER STORY
ГОСПОДАРИ НА МАКЕДОНИЈА КОЈ Е ГАЗДА НА НАЈМОЌНИТЕ МАКЕДОНСКИ КОМПАНИИ? ВОДИЧ КАКО ДА ОТВОРИТЕ ФИРМА ВО РЕГИОНОТ?
денари, заштедете
УШТЕ 20 ИЛЈАДИ МАКЕДОНЦИ СИ ЗАМИНАА ЗА ЕДНА ГОДИНА.
ДОСЕГА ОТСЕЛЕНИ
600.000
ДАЈТЕ НИ ПАТИШТА И СЛОБОДНИ ГРАНИЦИ, ЗА БИЗНИС ЌЕ СЕ ДОГОВОРИМЕ! РАМКОВЕН ДОГОВОР: ЗА ОСУМ ГОДИНИ ПОТРОШЕНИ НАД 73 МИЛИОНИ ЕВРА!
COVER STORY СЕКОЈА ТРЕТА ДРЖАВНА КОМПАНИЈА Е ВО ЗАГУБА. КОЈ ЌЕ ПОНЕСЕ ОДГОВОРНОСТ?!
6 месечна претплата 2.200 денари 12 месечна претплата 4.100 денари со вклучени 20% попуст
24 месечна претплата 6.100 денари со вклучени 40% попуст
КАПИТАЛ АНАЛИЗА ЦЕНИТЕ НА СУРОВИНИТЕ ВО АМБИС. МАКЕДОНСКАТА ИНДУСТРИЈА ОЧЕКУВА ЦРНИ СЦЕНАРИЈА
ПОЛИТИКА ВИКТОРИЈА НУЛАНД ВО СКОПЈЕ НЕ ДОАЃА СО МАГИЧНО СТАПЧЕ... НО, МОЖНО Е ДА ДОЈДЕ СО БОКСЕРСКИ РАКАВИЦИ ?!
со вклучени 15% попуст
АНАЛИЗА ФИРМИТЕ НЕ МОЖАТ НИКАКО ДА СЕ НАПЛАТАТ ОД ДРЖАВАТА!
КАПИТАЛ АНАЛИЗА НАД 660 МИЛИОНИ ЕВРА ИСПЛАТЕНИ СУБВЕНЦИИ, А УВОЗОТ НА ХРАНА ЗГОЛЕМЕН ЗА 80%!
Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...
КОМПАНИИ И ПАЗАРИ РУСКОТО ЕМБАРГО ЌЕ ГИ ПРЕПЛАВИ МАКЕДОНИЈА И БАЛКАНОТ СО ЕВТИНИ ТУРСКИ ПРОИЗВОДИ?!
WWW.KAPITAL.MK
Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...
КОЈ И ДА БИДЕ НА ВЛАСТ, НЕКА МУ ЈА МИСЛИ ЗА ТРИ ГОДИНИ ДРЖАВАТА ТРЕБА ДА ВРАТИ ДОЛГ ОД
ГРЧКОТО “НЕ” ГО СТАВИ НА ТЕСТ ЛИДЕРСТВО НА МЕРКЕЛ И ИДНИНАТА НА ЕВРОЗОНАТА
СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ
COVER STORY
ТУРБУЛЕНЦИИ
НА ЕВРОПСКИОТ ТЕЛЕКОМ ПАЗАР И МАКЕДОНИЈА ЗАФАТЕНА ОД БРАНОТ ПОЛИТИКА
SKI & SPA
ШТО ПО ЛИДЕРСКАТА СРЕДБА ВО ПОНЕДЕЛНИК?!
ВОДИЧ ЗА ЗИМУВАЊЕ
СУПЕРМАРКЕТИТЕ ПЛАЌААТ КОГА САКААТ, КОЛКУ САКААТ И КАКО САКААТ
КАПИТАЛ SPECIAL
ТОП 100 ИЗВОЗНИ ПРОИЗВОДИ
АНАЛИЗА
2015/2016 КОЈ ГО ВЛЕЧЕ МАКЕДОНСКИОТ ИЗВОЗ? НАЈДОБРИТЕ СКИЈАЧКИ ЦЕНТРИ НА БАЛКАНОТ И ВО РЕГИОНОТ НАЈДОБРИ СПА И ВЕЛНЕС ЦЕНТРИ
НАЈДОБРИТЕ РЕСОРТИ ЗА ОДМОР СО ДЕЦА ЗИМСКИТЕ СПОРТОВИ: СКИИ, СНОУБОРДИ, САНКИ ГОЛЕМА ИНВЕСТИЦИЈА НА WELLNESS МАКСТИЛ ОД 22 МИЛИОНИ ЕВРА ИНСТРУКТОРИТЕ ЈОРДАНОВ: МЕТАЛУРШКИТЕ КОМПАНИИ ВО ЦЕЛИОТ СВЕТ ИМААТ ПОСЕБЕН ПРЕПОРАЧУВААТ: ТРЕТМАН ОД ДРЖАВАТА ВЕЖБИ И ХРАНА БИЛДЕРБЕРГ: КАКВАИИДНИНА ЗА РЕЛАКСИРАН ЗДРАВ КРОИ СВЕТСКАТА ВЛАДА? ПОМИН НА ЗИМСКИТЕ БРОЈ 817 | ЦЕНА 100 ДЕН. | 26 ЈУНИ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16
WWW.KAPITAL.MK
МЕСЕЦИ
СОВЕТИ КАКО ДА ОСТАНЕТЕ ФОКУСИРАНИ И ПРОДУКТИВНИ ОВАА ЗИМА
СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ
SKI & SPA ВОДИЧ ЗА ЗИМУВАЊЕ 2015/2016
1,1
МИЛИЈАРДИ ЕВРА
ЕУ МОРА ДА СЕ МЕНУВА ЗА ДА ПРЕЖИВЕЕ Б НА РЕГИОНАЛНА БИЗНИС НАГРАДА
PROFILE
МАТЕ РИМАЦ хрватски претприемач
СВЕТ: ИСЛАМСКАТА ДРЖАВА ЗА СВОЈАТА ГОДИШНИЦА УДРИ НА ТРИ КОНТИНЕНТИ ДВОБРОЈ 819/820 | ЦЕНА 100 ДЕН. | 10 ЈУЛИ/17 ЈУЛИ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16
WWW.KAPITAL.MK
БРОЈ 832 | ЦЕНА 100 ДЕН. | 9 ОКТОМВРИ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16
WWW.KAPITAL.MK
ТРЕНД: СЛУЖБЕНИ ЕЛЕКТРИЧНИ ВОЗИЛА НАМАЛУВАЊЕ НА ТРОШОЦИТЕ И ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ ВО ИСТО ВРЕМЕ
WWW.KAPITAL.MK
БРОЈ 842 | ЦЕНА 100 ДЕН. 18 ДЕКЕМВРИ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16
ЕВРОПСКИОТ ИЛОН МАСК
Истанбул станува “мека” за стартапи
*Во цената е вклучен ддв и платена поштарина
...заеднички ја креираме додадената вредност на нашите животни проекти...
www.kapital.mk
Капитал број 852 26.02.2016
8 НАВИГАТОР
ИЗЈАВА НА НеделАТА
> БРОЈКА
30
милиони нови работници наскоро ќе и требаат на Европа, според проценките на Европската Комисија
ПЈеР МОСКОВИСИ еврокомесар за економски и финансиски прашања
Европската комисија нема план Б доколку Велика Британина гласа за излегување од ЕУ. Денот кога ќе започнеме да зборува за план Б е денот, во кој веќе не веруваме во нашиот план А. Јас имам само еден план. Обединетото Кралство во обединета Европа
БАНКИТе ГИ СТОПИРАА КРе
К
редитирањето на приватните фирми во првиот месец од годината се намали за 2,6% во споредба со декември лани, покажуваат последните податоци што ги објави Народната банка. Тоа значи дека кредитното портфолио на банките кон приватните компании во јануари е за 66 милиони евра помало отколку претходниот месец. Во исто време, кога банкарите не одобрија кредити за бизнис секторот,
In MeMorIaM - УмбЕрТо ЕКо
ИнТЕлЕКТУалЕц со рЕнЕса
Т пишува:
максим ристески
maksim.risteski@kapital.mk
Творештвото на Умберто Еко е лектира на луѓе со понапреден културен „бекграунд“, но, италијанскиот интелектуалец, писател, е референца од таков вид, што на неа, особено деновиве, по неговата смрт (20 февруари 2016), се повикува многу поширока публика. Отткука „твитот“ што деновиве кружи по социјалните мрежи, дека „сите го слушале Боуви (уште едно име што претставува слична референца, н.з.), сите го читале Еко, па ПМ, тогаш кој гласа за Николиќ, Додик, Карамарко, Бакир, Ѓукановиќ ...?!“. Настрана од револтот и интересното размислување на авторот на овој „твит“, добрата страна на желбата на луѓето да се претстават како дел од заедницата/публиката на Умберто Еко, е што барем дел од нив поводот, неговата смрт и епитафите напишани од неговите вистински поклоници, ќе ги натера да прочитаат нешто од големиот книжевник. Најверојатно тоа ќе биде романот со кој Еко стекна светска слава, „Името на розата“, објавен во 1980
Иако е автор на бестселерот „Името на розата“, Умберто Еко за себе велеше дека е „професор кој романи пишува само за викенд“. Интелектуалецот со ренесансна широчина, настрана од неговиот влијателен книжевен опус, воспостави нови академски дисциплини, претворајќи во предмет на научен интерес сè повеќе современи феномени во кои препозна знаци на времето, што „плачат“ за толкување година, продаден во милиони примероци, преведен на 43 јазици, а дополнително популаризиран со одличната филмска адаптација на Жан-Жак Ано со Шон Конери и Кристијан Слејтер во главните улоги. „Името на розата“, покрај тоа што е полнокрвен, супер интересен криминалистички роман (иако, како „Улис“ на Џејмс Џојс, важи за дело кое многумина го купиле, но ретко кој го прочитал), е напишан со компетенција до ниво на суптилностите на христијанската теологија (дејствието
се случува во средновековен манастир), што секако дека ја поседуваше Еко, како философ по образование, кој докторирал на темата „проблемот на естетиката кај Тома Аквински“. По „Името на розата“, следеа „Фукоовото нишало“ (1988), „Островот на претходниот ден“ (1994), „Таинствениот пламен на кралицата Лоана“ (2005) ... Последниот роман на Еко, „Нултиот број“, објавен во 2015 година, е модерен криминален роман за светот на новинарството. За генијот на Умберто Еко се раскажува
www.kapital.mk
Капитал број 852 26.02.2016
9
едиТиТе За ФирмиТе ВО Јануари приватните фирми повлекоа дел од депозитите што ги имаат на сметки во банките. За еден месец евидентирано е намалување на депозитната база на компаниите за 73 милиони евра, односно 6,3% помалку споредено со претходниот месец. Од друга страна, кредитирањето на граѓаните продолжува да се зголемува, а кај нивните депозити е евидентирано само мало намалување. Народната банка процени дека кредитирањето годинава ќе се зголеми за 7%-8%.
мисла на неделата мисла>на неделата БрОЈка Тајната на кинескиот успех е едноставнаpоттикнување на промени. Бидејќи промените се основа за иновации, а иновациите водат кон прогрес.
Ли Кекианг
премиер на Кина
470
милијарди евра би ја чинело ЕУ евентуалниот распад на еврозоната
лидери лидери
ансна шИрочИна
дека е генеолошки наследен, за што доказ се бара во неговото презиме, кое е акроним од латинската фраза „Ex Caelis Oblatus“, која значи „подарок од небото“ - титула што предците на писателот ја заработиле со заслуги. А нему особено му прилега, како на интелектуалец со ренесансна широчина, кој настрана од неговиот влијателен книжевен опус, воспостави нови академски дисциплини, претворајќи во предмет на научен интерес сè повеќе современи феномени во кои препозна знаци на времето, што „плачат“ за толкување.
За слоевитоста на неговата интелектуалната големина најави има уште во детството: Еко како дете освоил национална литературна награда (историскиот момент го оправдува што е награден на натпревар на млади фашисти); поривот за општествен ангажман го обземал во младешките години кога бил лидер на организацијата на католичката младина (подоцна се дистанцирал од верската практика, за сметка на верата како академски интерес); студиите по право (запишани на инсистирање на татко му) ги напуштил за да се предаде на проучувањето на средновековната философија и книжевност. Шестдецениската кариера ја почнал работејќи во културната редакција на RAI (Radiotelevisione italiana) и предавајќи на универзитетот во Торино, каде од 1964 година станал професор со полно работно време. Интересот за средновековната философија, кај Еко паралелно одел со академскиот третман и на популарната култура, поле на кое им „отвори очи“ на многумина интелектуалци за дотогаш потценети културни вредности. Знаел да напише „потковани“ есеи за феномени за кои дотогашната наука не препознавала дека бараат академски третман. Во контекстот, бил отворен за новинарите секогаш кога им требало издржано толкување за расветлување на некој проблем од јавен интерес. Се смета за еден од најзаслужните што уметноста на стрипот денес е валоризирана (како деветта уметност) и е предмет на научни толкувања. Како илустрација за алтернативните начини за да се стигне до вредни сознанија, кон кои прибегнуваше Еко, препорака за читање е и неговата „Историја на убавината“, каде врз основа на историјата на уметноста, на уметничките дела од сите епохи, создава историја на убавината, на развојот/промените на идејата за тоа што е убаво. nnn
Барак ОБама
претседател на САД Обама иницира обезбедување на сериозни финансиски средства за борба против вирусот Зика
ку Бун му
главен извршен директор на LG LG G5 од голем дел од светската јавност е прогласен за најиновативен телефон до сега и е хит на годинешното технолошко шоу во Барселона.
не им беше неделата
еди рама
премиер на Албанија Албанија се наоѓа на работ на голема политичка криза за која многумина го обвинуваат актуелниот премиер.
ЏеБ Буш
кандидат за претседател на САД Буш се повлече од трката за партиска номинација за претстојните претседателски избори во САД
Капитал број 852 26.02.2016
10
www.kapital.mk
COVER STORY: ШТО ИЗВЕ
COVER STORY
СИТЕ АПСУРДИ НА МАКЕДОНСКИОТ ИЗВОЗ И УВОЗ
www.kapital.mk
Капитал број 852 26.02.2016
ЕЗУВА И УВЕЗУВА МАКЕДОНИЈА? 11
www.kapital.mk
Капитал број 852 26.02.2016
12
cover story
К пишува:
Биљана Здравковска Стојчевска biljana.zdravkovska@kapital.mk
Конкурентноста на една економија најдобро се огледува преку нејзиниот извоз. Ако се мери конкуретноста на македонската економија, тогаш таа е прилично слаба. Извезуваме премалку производи, а од нив уште помалку се со повисока додадена вредност или готови производи. Дури половина од извозот лани е направен со 10 производи, а од нив на една рака се бројат производите кои имаат повисока додадена вредност или доработка. Најголем дел од клучните македонски извозни производи ги произведуваат компании во странска сопственост кои произведуваат во слободната економска
зона за што од државата добиваат огромни поволности и бенефиции. Останатите извозни производи се сведуваат на суровини, како феро никел, феро силициум, суров тутун,руди на олово, бакар и цинк, производи од железо и челик и свежо овошје и зеленчук. На пример, во првите 10 најголеми извозни производи, девет се произведени од страна на компании со странски капитал, а само тутунот е производ на компанија со домашен капитал. Автобусите, пак, што ги произведува белгиската Ван Хул, се единствениот финализиран производ со поголема додадена вредност. Останатите девет, вклучително и најизвезуваниот производ, катализаторите на Џонсон Мети, се полупроизводи или делови кои потоа се користат за производство на прозводи со повисока додадена вредност во некоја странска земја. Македонската економија лани оствари извоз од 4,26 милијарди евра, што е раст од 8,8% во споредба со извозот направен минатата година. Ова е најголем досега извоз на Македонија. Но, истовремено Македонија прави и историски најголем увоз, кој лани достигна 5,7 милијарди евра. Трговскиот дефицит достигна 1,72 милијарди евра и тој е намален во споредба со претходната година. Капитал направи детална анализа на тоа
колку и што извезуваше Македонија во изминатата 2015 година. Ако се анализира на што се должи ланскиот раст на извозот тогаш повеќе од очигледен е заклучокот е дека тој во најголем дел е резултат на зголеменото производство и извоз на странските инвеститори кои отворија фабрики во слободната економска зона Бунарџик. Сите странски инвеститори во Македонија лани имаат огромен раст на извозот. На пример извозот на хемиски производи и материјали, каде влегуваат и катализаторите на Џонсон Мети произведени во слободната зона Банарџик, лани достигна 779 милиони евра и за само една година е зголемен за близу 19%, а во изминатите пет години тој е зголемен за дури 352%. Извозот на автобуси, пак, кој се сведува на извозот на автобусите на Ван Хул, лани достигна 109 милиони евра, и тоа за пет години е зголемен за 388%, а само лани биле продадени за 21% повеќе автобуси во странство. Извозот на електрични машини и делови кој лани достигна 392 милиони евра, и во кој најголем дел има производите на Дрекслмајер, за пет години е зголемен за 452%. За разлика од нив, повеќето компании од традиционалните македонски извозни индустрии бележат пад. На пример, извозот на желез металопреработувачката индустрија, која е меѓу клучните извозни
Тренд: Извозот на тутун на најниско ниво во 5 години
www.kapital.mk
Капитал број 852 26.02.2016
13 индустрии, лани бележат пад на извозот од 4,92%. Но, извозот на металуршката индустрија за период од пет години е намален за близу 30%. Извозот на тутун, кој лани достигна 96,56 милиони евра за една година е намален за 11,8%, и е на најниско ниво во последниве пет години. Извозот на пијалоци лани достигна 48,3 милиони евра и за една година има пад од 17,39% и е на историски најниско ниво. Извозот на месо и преработки од месо исто е на најниско ниво и со годинешниот пад од 15,14% достигна вредност од 23,03 милиони евра. Голем пад има и кај извозот на нафта и нафтени деривати, што е резултат на падот во работењето на Окта, кој лани се намали на само 34 милиони евра, што е огромен пад во споредба со 2010 година, кога извозот на нафтени деривати изнесувал 165 милиони евра. Исто така годишен пад има и кај извозот на обувки и облека. Покрај извозот од странските зони, и извозот на овошје и зеленчук бележи континуиран раст и тој на крајот на ланската година достигна 164 милиони евра, што е историски највисок раст досега. Лани извозот на овошје и зелечук бележи раст од 3,93%, додека во споредба со 2010 година тој е поголем за 20%. Но, во истиот период увозот на овошје и зеленчук пораснал за 54,4%, што упатува на закчлучокот дека не успеаваме да ја задоволиме домашната потрошувачка од домашно производство и да гонамалиме увозот на зеленчук и овошје. Континуиран раст има и кај извозот на млеко и млечни производи, но извозот во вредност е се уште е многу мал и изнесува само 12,7 милиони евра. И ивозот на лекови и фармацевтски лекови е еден од секторите каде има скромен, но постојан раст, и тој на крајот на 2015 година достигна 63,75 милиони евра, со годишен раст од 3,3% и раст од 10,2% за период од пет години.
Сите небулози на македонскиот увоз
Иако увозот во последните неколку години расте со поспоро темпо од увозот структурата и трендовите во увозот укажуваат дека македонската економија не успева ниту да ја подобро својата конкурентност, ниту, пак, да ја намали својата зависност преку задоволување на потребите од домашно производство. Напротив, трендовите во увозот покажуваат дека во Македонија станува многу поевтино
Странските инвестиции го зголемија извозот, но и увозот
П
окрај увозот на храна голем раст на увозот има и кај хемиските производи и другите суровини кои се потребни во производството на странските комании кои отворија фабрики во слободните економски зони. Речиси сите нивни суровини се од увоз. Така на пример увозот на хемиски произоди и материи на крајот на 2015 година достигна 126 милиони евра и во споредба со 2010 година бележи раст од 162%. Најувезуван производ во Македонија не е повеќе нафтата, туку платината. Лани вредноста на увозот на платина изнесува 552 милиони евра, а гасните масла се втор најувезуван производ до вредност на увозот од 253 милиони евра. На трето место се керамичките производи за техничка употреба кој исто така се увезуваат од странските инвеститори во зоните чиј увоз лани достигна 153 милиони евра. Расте и увозот на паладиум, конектори за жици и кабли, хемиски производи. буквално се да се увезува, отколку тоа да се произведе дома. И покрај стотиците милиони евра дадени како субвенции во земјоделието, увозот на храна континуирано расте. Со овие субвенции расте единствено извозот на свеж зеленчук и овошје, додека производство на прехранбени производи кои ќе го супституираат увозот на храна, се чини опаѓа, бидејќи станува се поскапо храната да се произведува, отколку да се увезува. На крајот на 2015 година увозот на храна достигна 551,2 милиони евра, што е рекордно највисок увоз на храна досега. За една година тој е поголем за 6,73%, но во споредба со 2009 година е увозот на храна е поголем за 37,4%. Расте увозот на месо и месни преработки, на млеко и млечни производи, на овошје и
зеленчук, на риба и преработки од риба, увозот на пијалоци...Буквално во сите овие ставки има зголемување на увозот секоја година континуирано. Откако пропаднаа многу фарми за кокошки, Македонија годишно плаќа 45 милиони евра само за увоз на пилешко месо. Исто толку пари се трошат за увоз на млеко и млечни производи. Дури 78 милиони евра е увозот на овошје и зеленчук кој се увезуваат од странство, а за увоз на кафе, чај и зачини плаќаме 67,6 милиони евра. За увоз на шеќер годишно плаќаме 27 милиони евра, а за увоз на риба и преработки од риба дури 21 милион евра. Она што е алармантно е што на листата на увезени производи се поголем е бројот, а и вредноста на производи кои се произведуваат во Македонија,
www.kapital.mk
Капитал број 852 26.02.2016
14
cover story
а кои сепак се увезуваат и стигаат на македпонскиот пазар со пониска цена. Па така со годините кај одредени земјоделски производи и култури има тренд на постојано намалување на производтсвото бидејќи многу е поефтино тие да се увезат отколку да се произведат. А податоците покажуваат дека само до пред десетина години дури 70% од потребите за храна се задоволувале од домашно производство. Над половина од потребите за шеќер и за масло за јадење во Македонија се задоволувале со домашна шеќерна репка и сончоглед. Денес имаме само незначителни површини насадени со овие две индустриски култури, а покрај нив од македонските ниви ги снема и памукот и маслодајната репка. Битолската шеќерана наместо да преработрува и произведува шеќер се преоринетира на увоз, додека производители на масло се принудени да увезуваат скапа суровина или полпреработено масло. Точно е дека Македонија е увозно зависна држава и за да може економијата нормално да функционира и е неопхпден увоз на разно разни суровини, материјали, опрема и технмологија која никогаш не се произведувала, ниту во долгедно време ќе се произведува во Макеоднија. Но, кога на листата на производи од увоз се јавуваат и производи кои без поголеми инвестиции или технологии можат да се произведуваати и во Македонија, тогаш се наметнува прашањето зошто тоа не се прави. Многупати досега могу бизнисмени и економски експерти го имаат досега јавно поставувано прашањето зошто во Македонија е многу евтино да се увезе буквално се и сешто, и тоа што ни треба и тоа што не ни треба, а неспроти тоа извозот на македонски производи востранство се зголемува многу споро и многу тешко. Дали увозничкото лоби е многу силно во Македонија па успева да наметне економски политики и мерки кои го фаворизираат увозот? Дали девизниот курс на денарот го поевтинува увозот, а го поскапува извозот? Дали и зошто и покрај стотиците милиони евра субвенции за земјделците расте единствено извозот на свеж зеленчук и овошје, а не и домашното
Увезуваме сe и сешто
К
апитал анализираше што сe Македонија увезува и заклучокот е дека навистина увезуваме се и сешто, Човечка коса, перики, лажни трепки и бради, лисја и гранки, мов и лишај, црева и желудници од животни, рогови, сперма на бикови, гаќи, флипери, кибрити, свеќи се само дел од чудните производи кои се увезуваат во Македонија и за кои се плаќаат тешко заработени милионски износи на девизи. Иако Македонија важи за земја која има оргомни резреви и извори на питка вода огромни милионски суми годишно плаќаме за увоз на разно разни брендови на вода. За увоз на детергенти и сапуни годишно плаќаме дури 41 милион евра. За увоз на колбаси се плаќа над 10 милиони евра. Увозот на мед, кој лани е речиси двојно зголемен, достигна близу 1,3 милиони евра. Стотици илјади евра плаќаме за увоз на кибрити си свеќи, за стаклени и хартиени амбалажи за кои не е потребна никаква посебна технологија за да се произведуваат и дома. производтсво на прехранбени производи кои ќе го супституираат увозот? Ова се прашања кои со години остануваат без одговор во Македонија и секое повикување тие да се ревидираат или постават со цел да го намалат увозот наидуваат на омаловажување и дискредитирање од страна на власта
дека се во корист само на одреден број луѓе или компании. А вистината е дека ако Македонија произведува повеќе земјоделски и прехранбени производи, ќе може да покрие поголем дел од домашната потрошувачка, и ќе се намали одливот на девизи кои по основ на увоз се прават секоја година. nnn
Факт: За увоз на пилешко месо плаќаме 45 милиони евра годишно
пишува: Биљана Здравковска стојчевска
Профитот на банките и загубите на фирмите Основна цел на секој бизнис е да прави профит. Ако на фирмите им се одземе можноста да прават профит, тој нема да се занимава со таа дејност. Многу просто. Бизнисмените се многу рационални кога одлучуваат дека нешто им е поевтино да го увезат, отколку да го произведат. Тие и понатаму ќе прават профит, но нема да произведуваат. Се додека производството во Македонија не се направи профитабилна дејност, се дотогаш производството ќе се намалува. Освен, во слободните економски зони. Таму ќе расте. За да се направи производството профитабилно, потребни се сосема поинакви економски политики. Сегашните економски политики овозможуваат профит да прават само увознциите и банките. biljana.zdravkovska@kapital.mk facebook.com/biljana.zdravkovska
B
Бизнисмените се се погласни дека политичката криза им го јаде бизнисот. Дека последиците од оваа криза која предолго трае ги чувствуваат веќе многу силно и дека мора да се најде решение, и работите да се вратат во нормала. Профитот на фирмите паѓа, се потешко ги плаќаат обврските навреме, глават со враќање на кредитите кон банките, доцнат со платите на вработените... Се помалку се отвараат нови фирми, а бројот на фирми кои одат во стечај и кои се со блокирани сметки е на многу високо ниво...За да ги намалат трошоците, во услови кога им паѓа побарувачката и на домашен и на странски пазар, многу од нив го намалија производството и отпуштија дел од вработените за да се спасат од банкрот. Но, не им е на сите така црно. Последните податоци покажуваат дека банките лани работеле со профит од над 75 милиони евра, што е дури 47,3% повеќе од профитот претходната година. Профитабилноста на банкарскиот сектор мерена преку стапката на поврат на капиталот (ROE) на крајот на 2015 година достигна 10,4%, што е најголема стапка од 2008 година кога почна економската криза. Најголем дел од профитот во банкарскиот сектор лани, односно околу 80% е направен во големите банки, во чии сефови остана добивка од 59,7 милиони евра. Средните банки заработија 16 милиони евра, додека пак кај малите банки значително е намалена и загубата, од 1,5 милиони евра на само околу 200 илјади евра. Колку за појаснување, големите банки се тие кои држат над 70% од финансискиот потенцијал во банкарскиот сектор. Во истиот период кога е направен овој профит, кредитирањето на фирмите беше многу мало, а каматите на депозитите паднаа на многу ниско ниво. Банките главно го кредитираа населението и вложуваа пари во државните записи. И нормално продаваа имоти од хипотеките кои ги вложија фирмите кои некогаш земале кредити да го развиваат бизнисот, но во меѓувреме пропаднале во “одличните” услови за дуинг бизнис. Сосема легитимно е банките да имаат цел да остваруваат што поголем профит. Капитал наскоро ќе објави и посебен прилог во кој, меѓудругото ќе се објасни подетално како банките всушност го прават својот профит. Но, некако нелогично и чудно е во услови кога на економијата и оди лошо, банките да имаат екстра високи профити. Високите маржи само укажуваат дека вистинската конкуренција во овој сегмент се уште ја нема. А државната развојна банка се држи настрана во стилот дека не сака да им прави конкуренција на комерцијалните банки. Е па кој тогаш ќе ги финансира фирмите во периоди кога имаат проблем со ликвидноста и во периодите кога чекаат да си ги наплатат побарувањата? Се чини дека економските политики во Македонија се поставени така што целиот ризик во време на економска криза паѓа на товар на фирмите. Банките и државата се
КапиталНО
Се чини дека економските политики во Македонија се поставени така што целиот ризик во време на економска криза паѓа на товар на фирмите. Банките и државата се држат настрана однесувајќи се како да немаат ништо со лошите резултати од работењето на фирмите. Демек ова е пазарна економија и фирмите самите си го носат ризикот за потезите во работењето. Што е во принцип точно, но во македонската пракса не е така. Бидејќи државата со своите политики сосема ги истисна фирмите од домашниот финансиски пазар. држат настрана однесувајќи се како да немаат ништо со лошите резултати од работењето на фирмите. Демек ова е пазарна економија и фирмите самите си го носат ризикот за потезите во работењето. Што е во принцип точно, но во македонската пракса не е така. Бидејќи државата со своите политики сосема ги истисна фирмите од домашниот финансиски пазар. Донесе Закон за финасиска дисциплина во кои го озакони доцнењето во плаќањата во рок од 120 дена, што е премногу долг рок кој го нема никаде во светот, и уште поважно не може да го издржи ниту една мала и средна фирма, колку и успешно да работи, посебно во услови кога не може да земе лесно кредит од банка за да премости периодот на чекање. Па така фирмите станаа премногу ризични за банките. И резултатите од овие политики веќе ги гледаме. Во Македонија станува премногу скапо да се произведува и да се извезува. А премногу евтино да се увезува. Анализата на трендовите во извозот и увозот на Македонија во изминативе пет години е многу лош. Извезуваме многу малку производи и речиси половина од целиот извоз се прави со 10 производи. Од овие 10 производи, седум се произведени во фабриките на странските инвеститори кои добиваат големи субвенции и не плаќаат никакви даноци, а само прилепскиот тутун е домашен производ. Само автобусите на Ван Хул се единствен финализиран производ, а другите се суровини, метали или полупроизводи кои потоа се извезуваат во
странска земја каде се произведува готов производ со поголема додадена вредност. Македонија се помалку произведува..Во суштина ако разгледате по полиците на македонските маркети има многу малку македонски произведени производи. Многу малку производи ја имаат етикетата произведено во Македонија и уште помналку од нив се конкурентни на странските пазари. Увезуваме буквално се и сешто, од кибрити, тоалетна хартија, детски играчки, гаќи, па до храна, апарати за домаќинство, автомобили, возови...Овие работи би можеле да се произведуваат и во Македонија, а многу од нив порано се произведувале. Но, сега не се произведуваат бидејќи тие домашно произведени производи се поскапи од оние од увоз. И нормално дека граѓаните ќе ги купуваат оние кои се поевтини, а фирмите кои немаат профит во тоа што го работат ќе излезат од производството. Сега излегува дека освен, кај извозот од странските зони, речиси во сите други извозни дејности има пад на извозот. Што упатува на заклучокот, дека производите произведени во Македонија стануваат се поскапи и понеконкурентни, односно дека во Македонија се исплати да се произведува и извезува само ако тоа производство е субвенционирано и помогнато од државата. Заблуда е дека економијата може да расте и да се развива без поддршка од банките, бидејќи тоа е суштинската улога на банките да прават ефикасна алокација на вишокот на пари во економијата. Банките мора да станат свесни дека мора да најдат начин и да почнат да ги
кредитираат фирмите. Да разберат дека во нивни интерес е да најдат начин да ги спасат фирмите од банкроти и да ги спасат и задржат работните места. Оти, ако пропадне некоја фирма, тогаш тие вработени кои ќе останат без работа, сигурно нема да можат да го вратат кредитот кон банките. Тука е и ризикот кој Народната банка јасно им го предочи на банките од трендот на засиленото кредитирање на граѓаните. Тоа е тежок пат, но мора да се најдат модели на поделба на ризикот помеѓу сопствениците на фирмите, банките и Македонската банка за поддршка на развојот, односно државата. Поделбата на ризикот е единствен пат за решавање на проблемот на немање на пристап на фирмите до финансирање. Основна цел на секој бизнис е да прави профит. Ако на фирмите им се одземе можноста да прават профит, тој нема да се занимава со таа дејност. Многу просто. Бизнисмените се многу рационални кога одлучуваат дека нешто им е поевтино да го увезат, отколку да го произведат. Тие и понатаму ќе прават профит, но нема да произведуваат. Се додека производството во Македонија не се направи профитабилна дејност, се дотогаш производството ќе се намалува. Освен, во слободните економски зони. Таму ќе расте. За да се направи производството профитабилно, потребни се сосема поинакви економски политики. Сегашните економски политики овозможуваат профит да прават само увознциите и банките. nnn
Капитал број 852 26.02.2016
18
www.kapital.mk
Берзи и финансии
се поврзуваат Берзите од скопје, софија, загреБ, Белгр
15 акции од регион во кои е најисплат да се инвестира n комерцијална Банка ад скопје n алкалоид n нлБ тутунска Банка n гранит n крка n горење n Заваровалница триглав n Хрватски телеком n подравка n адрис група n ериксон никола тесла n комерцијална Банка Белград n нафтена индустрија срБија (нис) n софарма n централна кооперативна Банка
факти: на платформата сее линк ќе се тргува со 387 ак
www.kapital.mk
рад И ЉубЉаНа
нот тливо
Капитал број 852 26.02.2016
19 Инвеститорите од македонија, бугарија, Србија, хрватска и Словенија ќе може да купуваат акции од која било компанија што котира на некоја од петте берзи од овие земји откако тие се споија во една платформа за тргување. платформата СЕЕ линк се очекува да проработи од следниот месец и во прво време ќе понуди акции од 387 котирани компании од македонската, хрватската и бугарската берза, додека берзите од Србија и Словенија се очекува да се приклучат подоцна годинава. Финансиските аналитичари оценуваат дека инвеститорите треба да се фокусираат на акциите на компании кои што покажуваат стабилен и оддржлив долгорочен раст, проследен со профитабилност соодветна на нивната дејност, потоа на компании со стабилна и предвидлива дивидендна политика, и компании кои во наредниот период би биле интересни за преземање од страна на стратешки инвеститор. капитал анализира кои се најатрактивните акции во регионот во кои што би можеле инвеститорите да ги вложат своите пари.
пишува:
И александар јанев
aleksandar.janev@kapital.mk
Инвеститорите од Македонија, Бугарија, Србија, Хрватска и Словенија ќе може да купуваат акции од која било компанија што котира на некоја од петте берзи од овие земји откако тие се споија во една платформа за тргување. Во очекување оваа платформа СЕЕ Линк да проработи до крајот на идниот месец, Капитал анализира кои се најатрактивните акции во кои што би можеле инвеститорите да ги вложат своите пари. Финансиските аналитичари оценуваат дека инвеститорите треба да се фокусираат на акциите на компании кои што покажуваат стабилен и оддржлив долгорочен раст, проследен со профитабилност соодветна на нивната дејност, потоа на компании со стабилна и предвидлива дивидендна политика, и компании кои во наредниот период би биле интересни за преземање од страна на стратешки инвеститор. Според нив, изборот на компании кои истовремено ги исполнуваат сите овие предуслови во голема мера ќе значи и правилна одлука за инвестирање на парите. На домашен терен, финансиските аналитичари предност им даваат на компаниите од фармацевтскиот и банкарскиот сектор со најголема перспектива за заработка. „Фармацевтскиот сектор и понатаму важи за сигурен и стабилен и дава можност за генерирање на дивиденден принос на ниво од 5-10%. Исто така, очекувам позитивниот тренд на во работењето на банкарскиот сектор кој беше забележан во текот на минатата година да продолжи и оваа година. Во прилог на банкарскиот сектор одат и постепеното намалување на акумулирани превземени имоти од кои во изминатите три години веќе голем дел е амортизиран што остава простор за зголемување на профитабилноста во наредниот период и соодветно да обноват воспостават или ја унапредат исплатата на дивиденда“, вели Горан Марковски, извршен директор на друштвото за управување со инвестициски фондови, КБ Публикум Инвест. Според проценките, меѓу најатрактивните акции што котираат на Македонската берза се акциите на Комерцијална банка, Алкалоид, НЛБ Тутунска банка, Гранит. Извршниот директор на друштвото за управување со инвестициски фондови, КД Фондови, Лазе Камчев, оценува дека поради зголемената
акцИИ од макЕдоНСкИ, хрватСкИ И бугарСкИ компаНИИ
www.kapital.mk
Капитал број 852 26.02.2016
20
Берзи и финансии
Ф Горан Марковски извршен директор на КБ Публикум Инвест
армацевтскиот сектор и понатаму важи за сигурен и стабилен и дава можност за генерирање на дивиденден принос на ниво од 5-10%. Исто така, очекувам позитивниот тренд на во работењето на банкарскиот сектор кој беше забележан во текот на минатата година да продолжи и оваа година. Во прилог на банкарскиот сектор одат и постепеното намалување на акумулирани превземени имоти од кои во изминатите три години веќе голем дел е амортизиран што остава простор за зголемување на профитабилноста во наредниот период и соодветно да обноват воспостават или ја унапредат исплатата на дивиденда.
понуда на компании кои ќе се најдат на платформата и ќе бидат достапни на граѓаните од овие земји, значаен фактор при одлуката за тргување во услови на зголемена конкуренција ќе биде токму работењето на компаниите и нивините перформанси во однос на другите, нивната транспарентност, ликвидност. „Се очекува целиот проект да придонесе за дополнителна атрактивност на македонските хартии од вредност, особено кај оние кои покажуваат добри перформанси во работењето, имаат високо ниво на транспарентност, како што се акциите кои го сочинуваат МБИ 10 индексот а притоа предничат со ликвидноста. Истото се однесува и за компаниите во регионот, како на пример Крка, Горење, Заваровалница Триглав, Хрватски Телеком, Подравка, Адрис Група, Ериксон Никола Тесла од Словенија и Хрватска. Од Српската и Бугарската берза најатрактивни би биле следниве компании, Комерцијална банка Белград, НИС, Аеродром Никола Тесла, Софарма, Централна Кооперативна банка“, оценува Камчев. Платформата СЕЕ Линк која што се очекува да стане оперативна од идниот месец, во прво време ќе понуди вкупно 387 хартии од вредност од компании (109 котирани на Бугарската берза,
П
Лазе Камчев
извршен директор на КД Фондови
оради зголемената понуда на компании кои ќе се најдат на платформата и ќе бидат достапни на граѓаните од овие земји, значаен фактор при одлуката за тргување во услови на зголемена конкуренција ќе биде токму работењето на компаниите и нивните перформанси во однос на другите, нивната транспарентност, ликвидност. Се очекува целиот проект да придонесе за дополнителна атрактивност на македонските хартии од вредност, особено кај оние кои покажуваат добри перформанси во работењето, имаат високо ниво на транспарентност, како што се акциите кои го сочинуваат МБИ 10 индексот а притоа предничат со ликвидноста. Истото се однесува и за компаниите во регионот
127 котирани на Македонската берза и 151 котирани на Хрватската берза). Во исто време, ќе биде воведен индексот SEE LinX кој ќе ги опфати најликвидните котирани компании на овие берзи за да се зголеми видливоста на регионалните пазари. Белградската и Љубљанската берза допрва ќе се приклучат на оваа платформа откако неделава го потпишаа договорот. Аналитичарите велат дека интегрирањето на берзите во регионот ќе обезбеди поефикасен пристап на инвеститорите и полесен начин да се дојде до посакуваната инвестиција преку учеството на локален брокер, а при тоа независноста на берзите кои учествуваат во проектот да не се наруши. „Реализацијата на оваа иницијатива ќе ги направи македонските компании подостапни за инвеститорите од Бугарија и Хрватска, меѓутоа уште побитно ќе го отвори македонскиот пазар и за странски инвеститори присутни во овие земји кои досега не се појавиле на македонскиот пазар на капитал. Тука пред се е значајно влијанието на институционалните инвеститори кои располагаат со многу поголеми средства од домашните институционални инвеститори а кои досега не биле присутни на македонскиот пазар на капитал. Со
реализација на оваа идеја реално е да се очекува регионалните институционални инвеститори дел од средствата да ги насочат кон македонскиот пазар на капитал што во секој случај ќе влијае позитивно и на ликвидноста и на пореално вреднување на македонските компании“, оценува Марковски од КБ Публикум Инвест. Хрватскиот инвестициски аналитичар, Жарко Бузук, вели дека секое поврзување на берзите и окрупнување би требало да донесе бенефиции како за компаниите кои котираат така и за брокерите. „Секоја берза е рефлексија на макроекономските случувања во една земја, така што додека не се подобри економската слика во земјите, тешко може да се очекува значително зголемување на прометот на берзите. Треба да се истакне дека пазарот на капитал често ги претчувствува економските промени на една земји и знае да изреагира многу порано отколку што тие промени ќе станат видливи. Во некој пократок рок не очекувам големи промени од спојувањето на регионалните берзи. Процесот на поврзување во прва фаза е трошок, но подоцна со намалувањето на трошокот од работењето, ќе профитираат сите“, коментира Бузук.
www.kapital.mk
Капитал број 852 26.02.2016
22
Берзи и финансии
Ќе ја разбудат ли берзата регионалните инвеститори?!
Македонската берза во последните неколку години хибернира по достигнувањето на врвот во 2007 година. Индексот МБИ 10 кој што во годината на рекорди достигна 7.740 поени, денес се движи околу 1.800 поени што е за 77% помалку. Неколкуте години на постојано намалување на вредноста на берзанскиот индекс и пазарната капитализација на компаниите ги направи нивните акции драстично потценети што според аналитичарите е инвестициска предност што мора да се искористи. Меѓутоа, аналитичарите на дебатата „Дваесет години македонски пазар на хартии од вредност: регулатива и предизвици“ што ја организираше Американ колеџ неделава, оценија дека се потребни и нови
играчи на пазарот што ќе ги примамат инвеститорите да вложуваат на пазарот на капитал, а државата преку даночни олеснувања да ги стимулира и акционерските друштва и општините и јавните претпријатија да котираат на берзата. Кирил Митровски, директор на брокерската куќа Инвестброкер, вели дека засега перспективите за развојот на домашниот пазар на хартии од вредност се очајни и поради тоа сугерира државата со разни стимулации да ја раздвижи берзата. „Имаме добри компании кои што веќе котираат на Македонската берза, но исто така факт е дека има солидни компании на пазарот кои што немаат интерес да се појават на пазарот на хартии од вредност. Делумно поради егоистични причини, не сакајќи да даваат повеќе информации за своето работење односно да станат потранспарентни,
:
но мислам дека има голем простор државата преку даночни олеснувања, како на пример ослободување од даноци за нова емисија на хартии од вредност или пак за исплата на дивиденди, да ги стимулира да котираат на берзата. Мора да се зголеми понудата и со општини кои што би издале обврзници за да се зголеми интересот на инвеститорите да вложуваат во хартии од вредност“, истакна Митровски. Извршниот директор на Македонската берза, Иван Штериев, оценува дека со екстремна диоптрија јавноста ја анализира берзата, притоа креирајќи нереални очекувања од мала берза која што функционира во мала економија. Сепак, и тој смета дека треба да се работи во насока на привлекување на добрите компании на берзата. „Мора да идентификуваме уште неколку компании што имаат добри перформанси и да ги привлечеме на пазарот. Некоја корпоративна или државна обврзница исто така добро би ни дошла. Меѓутоа, проблемот е и на страна на побарувачката. Се уште во колективната меморија на инвеститорите им е огромниот пад на цените на акциите после бумот во 2007 година. Ги нема странските
инвеститори, па дури и домашните институционални инвеститори се уште слабо се присутни. За да се случи поголемо раздвижување на пазарот на капитал мора да дојде економски оптимизам кој што ќе значи дека компаниите ќе прикажат уште подобри резултати од работењето, и политичка стабилност“, вели Штериев. Според него, задолжителната котација од пред некоја година која донесе повеќе нови акционерски друштва на берзата не го зголеми прометот, меѓутоа ефектот од тоа според него е во значителното зголемување на транспарентноста на компаниите. Инвестицискиот аналитичар, Џон Јоновски, управител на Фаланкс Капитал, вели дека засега позитивен сигнал за заживување на сите берзи во регионот е нивното поврзување. „Македонската берза е многу мала и сиромашна, така што поврзувањето со регионалните берзи е битен елемент за развој не само на нашата, туку и на сите берзи во регионот. Инаку зошто некој инвеститор би вложил пари во малку ликвидни акции од некоја компанија од сиромашна земја кога ги има како алтернатива на пример берзите во Њујорк, Лондон или Токио“, рече Јоновски и додаде дека властите мора да направат подобра клима што ќе ги привлече акционерските друштва да котираат на берзата и да се финансираат со издавање на хартии од вредност. nnn
исправка Во написот со наслов „Кои се најголемите земјопоседници во политиката?“ објавен во магазинот „Капитал“број 850 на 12.02.2015 година, направена е ненамерна грешка при конверзијата во евра на вредноста на земјиштето кое го има пријавено градоначалникот на општина Гевгелија, г-дин Иван Франгов. Според анкетниот лист кој градoначaлникот Франгов го има доставено до Државната комисија за спречување на корупција, дека вкупната вредност на пријавеното земјоделско и градежно земјиште изнесува 46.747 евра, а не 402 илјади евра како што беше објавено. Се извинуваме на ненамерната грешка.
Капитал број 852 26.02.2016
24
www.kapital.mk
Анализа
Зошто холдингот не може да заживеа во Македонија?
Бизнисот бара посебен даночен режим за холдинзи
Законската регулатива во Македонија, наместо да стимулира, го дестимулира поврзувањето на компаниите во холдинзите, посебно преку несоодветното оданочување. Бизнисот бара од даноци да бидат ослободени дивидендите кои фирмата –ќерка ги исплаќа во холдинг компанијата, приходот што холдинг компанијата го остварува при продажба на удел во фирмата ќерка, трансферите на парични средства во рамки на холдингот или да бидат третирани како признати расходи за даночни цели.
Холдинг: алатка која мора да е достапна на бизнисот
www.kapital.mk
Капитал број 852 26.02.2016
25
В
П
Тито Беличанец универзитетски професор
отребно е да се формира целосно нов трговски законик кој паралелно од граѓанскиот ќе ги уредува сите овие форми на поврзување кои им се потребни на компаниите за подобро да функционираат. Бизнисмените најдобра знаат што им е потребно, а нас како законодавци ни останува тоа да го уредиме со закон.
И пишува:
Дејан Азески
dejan.azeski@kapital.mk
И покрај фактот што во Македонија законски е дозволено формирање на холдинзи како форма на трговско друштво, тие се многу малку застапени во пракса. Компаниите се жалат дека законската регулатива наместо да стимулира дестимулира ваков начин на поврзување на компаниите бидејќи ги оданочува несоодветно и различно од најголем дел од државите каде што здружувањето во холдинг се стимулира со бројни даночни олеснувања. Иако во многу држави, со цел да се спречи монополската позиција на пазарот, се воведуваат бројни законски ограничувања, според експертите во нашиот случај во прашање се доведува и суштината на функционирањето на самите холдинг компании.
Елена Милевска Штрбевска Стопанска комора на Македонија
о врска со даночниот третман треба да се направи една добра кост бенефит анализа и да се види какви законски промени ќе бидат најповолни и за компаниите и за државата. Темата е отворена од компаниите и Стопанската комора во наредниот период ќе направи се за таа да се оствари и во пракса.
Зошто не функционира холдингот?
„Клучното прашање е зошто холдингот повеќе не е распространет кај нас? Едноставно холдинзите бараат држави со стабилни услови каква за жал не е Македонија. Функционирачки холдинг дефинитивно му е потребен на бизнисот во Македонија, затоа дајте да создадеме услови за тоа да профункционира“, вели Крсто Несторов, консултант за оваа проблематика. За слични цели се заложи и Денис Ризаов од градежната компанија Гранит кој вели дека една од главните причини за
К
Крсто Несторов консултант
лучното прашање е зошто холдингот повеќе не е распространет кај нас? Едноставно холдинзите бараат држави со стабилни услови каква за жал не е Македонија. Функционирачки холдинг дефинитивно му е потребен на бизнисот во Македонија, затоа треба да создадеме услови за тој да профункционира.
формирање на холдинг е намалување на ризикот на сопствениците. „Поради тоа потребно е да се создадат дополнителни услови за холдингот да може да си ја извршува својата главна функција“ Според анализите на Стопанската комора и Здружението на правници, македонското законодавство не е во склад со останатите европски законодавства во кои се предвидени ослободувања од данок на дивиденди и капитална добивка. Дополнително во постоечката законска регулатива холдингот, односно концернот,
Како е во другите држави?
С
поред анализата на здружението на правници на законодавството на шест земји од поблиското и поширокото опкружување на Македонија состојбата стои вака Во Бугарија, Хрватска, Словенија, Австрија, Чешка и Германија не се плаќа данок по одбивка на дивидендите кои ги исплаќа холдинг компанијата на резиденти. Во сите овие држави со исклучок на Германија не се плаќа данок по одбивка на дивидендите кои фирмата ќерка ги исплаќа во холдинг компанијата. Во
германскиот случај се применува 95% изземање, доколку компанијата поседува најмалку 10% од капиталот. Што се однесува до оданочување на приходот што холдинг компанијата го остварува при продажба на учество во фирмата ќерка тоа не се применува во Австрија и Чешка. Во Германија се применува со 95% изземање додека во Бугарија се применува со даночна стапка од 10%. Додека од анализираните држави се применува само во Хрватска.
www.kapital.mk
Капитал број 852 26.02.2016
26
Анализа
како посебна форма на организирање не е експлицитно дефиниран.
Што е потребно да се промени во законот?
На минатонеделната дебата на оваа тема компаниите и експертите дефинираат неколку конкретни работи кои треба да се направат за холдингот да стане интересен и во Македонија: Според нив, треба да бидат ослободени од даноци дивидендите кои фирмата –ќерка ги исплаќа во холдинг компанијата ,приходот што холдинг компанијата го остварува при продажба на удел во фирмата ќерка, трансферите на парични средства во рамки на холдингот или да бидат третирани како признати расходи за даночни цели. Понатаму потребно е да се создаде законска можност за консолидација на овие субјекти доколку помеѓу владеачкото друштво и зависните друштва постои непосредна или посредна контрола над најмалку 75% од акциите и сите друштва се резиденти на Македонија. Според бизнисмените потребно е и враќање на можноста трговските друштва кои се поврзани во холдинг компанија да може да поднесуваат консолидиран даночен биланс. Тие додаваат дека би било добро да се создаде и законска можност да може распределбата на добивката од работењето од тековната година на фирмата ќерка која е 100% основана од холдинг компанијата да се евидентира и објави во годишната сметка на холдинг компанијата во истата година. Универзитетскиот професор Тито Беличанец има уште поконкретни барања. „Потребно е да се формира целосно нов трговски законик кој паралелно од граѓанскиот ќе ги уредува сите овие форми на поврзување кои им се потребни на компаниите за подобро да функционираат. Бизнисмените најдобра знаат што им е потребно, а нас како законодавци ни останува тоа да го уредиме со закон“, вели Беличанец. Оперативниот директор на Стопанската
Бројните предности на здружувањето во холдинг
С
поред експертите, литературата, но и практичните искуства функционирањето на холдинг компаниите има смисла ако се набљудува од различни аспекти. При зголемување на капиталот, холдинг компанијата има поголема разновидност на активата во однос на една индивидуална компанија, што го олеснува процесот на зголемување на комора на Македонија Елена Милевска Штрбевска вети дека во претстојниот период ќе се направи се за да се разреши овој проблем. „Во врска со даночниот третман треба да се направи една добра кост бенефит
капиталот. Освен тоа, холдинг компанијата може да ги постави корпоративните политики за сите зависни друштва, без мешање со индивидуално управување на секој одделен субјект. Структуирањето на холдинг –компанијата е поевтино и обезбедува законски полесен начин на стекнување контрола над голем број различни компании, кои се поврзани на соодветен начин. анализа и да се види какви законски промени ќе се најповолни и за компаниите и за државата. Темата е отворена од компаниите и Стопанската комора во наредниот период ќе направи се за таа да се оствари и во пракса“. nnn
www.kapital.mk
Капитал број 852 26.02.2016
COVER COVER STORY STORY 28
АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ
14 ГОДИНИ УСПЕШНА ГРАДИТЕЛСКА ПРИКАЗНА
КАКО СТАНАВМЕ НАЈГОЛЕМ МАКЕДОНСКИ ИНВЕСТИТОР ВО ВИСОКОГРАДБА
“
проф. д-р Ванчо
Чифлиганец
генерален директор и сопственик на Адора инженеринг
Рецептот за успешен менаџер е едноставен: работа, работа и само работа, знаење, визија, чесност, ангажираност и професионалност, лична и на тимот кој ве опкружува. Убеден дека САМО ДЕЛАТА СЕ ВИСТИНА. Ова е мој генетски, животен и работен слоган и мотив за секој успех.
www.kapital.mk
Капитал број 852 26.02.2016
29
5
години по ред меѓу 25-те најуспешни компании во Македонија
НАЈБРЗОРАСТЕЧКА компанија во градежниот сектор
400 семејства живеат од бизнисот на Адора инженеринг
3
милиони евра бруто плата за вработените во 2015 г.
50 400% милиони евра инвестиции само во 2015 г.
раст во 2015 г.
УШТЕ ПОАМБИЦИОЗНО ВО 2016 Г.!
www.kapital.mk
Капитал број 852 26.02.2016
П 30
COVER STORY
ДОСЕГАШНИ НАГРАДИ И ПРИЗНАНИЈА НА АДОРА ИНЖЕНЕ МЕЃУНАРОДНИ НАГРАДИ
Интернационална Европска награда за квалитет, 2014, Париз, Франција Меѓународна награда за градежништво, 2014, Мадрид, Шпанија Европска награда за најуспешна компанија и најуспешен менаџер, 2012, Виена, Австрија НАЦИОНАЛНИ ПРИЗНАНИЈА
Последниот ден од јули минатата 2015-та година за многумина во Скопје беше само еден обичен, долг, жежок, летен ден, но не и за проф. д-р Ванчо Чифлиганец, неговите најблиски и сите вработени во Адора инженеринг – градежната компанија што тој ја основа пред 14 години. Пред нив дента стоеше обврска која им предизвикуваше немир и слатка возбуда истовремено: требаше да се постави камен темелник на Адора Flatiron, голема станбено – деловна зграда, круна на досегашното работење на компанијата, инспирирана од архитектурата на славниот њујоршки облакодер. “Ова ќе биде нешто невидено досега во Македонија, па и пошироко. Ќе поставиме нови стандарди во градењето, од сите аспекти зградата ќе биде врвно архитектонско дело, достојна за споредба со ваквите објекти во Њујорк, Лондон или Дубаи, а сепак со станови и деловен простор што ќе бидат достапни за македонските граѓани по разумни цени“, изјави г. Чифлиганец по фрлањето на првите лопати бетон во темелите и најави дека 18-катниот комплекс ќе биде готов за 18-тина месеци. За некого можеби оваа најава изгледаше преоптимистичка, но не и за оние што го познаваат добро проф. д-р Чифлиганец. Минатата недела, само шест месеци подоцна, Адора Flatiron веќе ја доби својата горна п л о ч а . С е га с и т е добронамерни можат да се восхитуваат: упорен и полн со натпре-
д-р
Награда за животно дело Best brand 2015 за проф. д-р Ванчо Чифлиганец Најпопуларна градежна компанија во Македонија, 2014 Градежен супербренд 2013/2014 Св.Климентов орден Прв ред, МПЦ, 2014 Награда за индивидуален филантроп, ЦИР-а, 2014 Награда за најеколошка компанија, Град Скопје, 2013 13 национални признанија за најдобри општествено одговорни практики 5 награди за еко домови, 2010, 2011, 2012, 2013, 2014 Награда за корпоративна филантропија, 2012 Јубилејна награда за ООП проекти 2007-2011 Инвеститор на годината, 2010 и 2011
варувачки дух како што е скроен, Чифлиганец уште еднаш покажа дека за него зборот “невозможно“ не постои во речникот. Човекот што неретко знае уште од 6 часот наутро да дојде на градилиштата, да исконтролира како се одвиваат работите, да даде совет, забелешка, да охрабри и критикува ако треба, сега може помирно да спие. Првата фаза од комплексот е завршена, но допрва следи главното: инсталациите, внатрешното уредување... “Ако се посветиш безусловно, ангажираш целосно, ако идејата ти е претворена во издржан проект... нема што да те спречи на патот кон успехот“, вели проф. Чифлиганец. Впрочем, тој е таков, бескомпромисен борец уште од своите спортски денови, кога како активен борач, а потоа како предводник на боречкиот клуб „Бучим“ го доведе до титулата светски шампион. Како бизнисмен пак, односно директор на рудникот „Бучим“, а потоа и во сопствената фирма Адора инженеринг, вели дека отсекогаш се трудел да менаџира и мотивира преку давање
Драгана Чифлиганец
“
извршен директор на Адора инженеринг
Менаџментот на Адора од самиот почеток на работењето сѐ до денес, 14 години ѝ возвраќа на заедницата преку најразлични активности и остава трајни дела за следните генерации. Горда сум што денес општествената одговорност е препознатлив дел од корпоративниот идентитет и бизнис имиџот на Адора инженеринг.
пример. “Мојот ентузијазам и посветеност сакам да им го пренесам на сите, но не само на зборови, туку и во пракса да го правам тоа што го зборувам. Затоа и сум по цели денови на градилиште, седам и по цели ноќи ако треба, во моменти кога треба да запазиме некои рокови и сл. Барам резултати, при тоа можеби понекогаш на виделина излегува мојот темперамент и енергичност, но сето тоа е во интерес на компанијата и на сите оние што живеат од неа.“, вели проф. Чифлиганец.
Пионери во многу области
А, во моментов, од Адора инженеринг живеат околу 400 семејства, односно толку вработени има фирмата после 14 години, а почнала со двајца. Со нивната работливост и ангажман, предводени од проф. Чифлиганец, кому подоцна во менаџментот му се придружуваат и ќерката д-р Драгана Чифлиганец и синот Душко Чифлиганец, кои заедно со целиот тим на компанијата успеваат да стигнат до статусот најголем инвеститор и градител на станови во Македонија, со пазарен удел од 20% во областа на високоградбата. Адора инженеринг е најуспешна компанија во високоградбата, од 2010 до 2015 година, меѓу 25-те најуспешни и меѓу 5-те најбрзорастечки компании во Македонија, според Централниот Регистар. За тоа колку е значајна Адора инженеринг за градежниот сектор во Македонија, но и за целата економија воопшто нека бидат показател следниве бројки: од 2002-ра до 2016-та година компанијата има изградено околу 2.500 домови или вкупно 155.509 м² станбена површина, 200 деловни простории со вкупна површина од 13.471 м² и 3.000 паркиралишта со површина од 37.460 м², што претставува практично цел еден град со околу 10.000 жители, колку што има Пробиштип.
www.kapital.mk
Капитал број 852 26.02.2016
31
ЕРИНГ
Награда за Адора Проф. д-р Ванчо инженеринг за Чифлиганец со Општествено Меѓународната награда одговорни за градежништво, практики, Скопје, Мадрид, 2014 2015 Проф. д-р Ванчо Чифлиганец и д-р Меѓународна награда за Драгана Чифлиганец со квалитет Европската награда за доделена во најуспешна компанија Париз, 2014 и најуспешен менаџер, година Виена, 2012
Православен храм Свети Јован Крстител – Скопје, донација од Адора инженеринг
ГОЛЕМ ПЛАЌАЧ ВО ОПШТИНСКИТЕ И ДРЖАВНИОТ БУЏЕТ Речиси 40 милиони евра вкупно за градежно земјиште и комуналии досега има платено Адора инженеринг
22,6 8,5 503 до
евра/м2
7 15,2 7 до
милиони евра досега платени за градежно земјиште милиони евра платени за земјиште само во 2015 г. има плаќано Адора за земјиште на атрактивни локации
Душко Чифлиганец
“
заменик генерален директор на Адора инженеринг
пати повеќе од почетната цена има плаќано Адора за земјиште на атрактивни локации милиони евра досега платени за комунални давачки милиони евра платени комунални давачки само во 2015 г.
Адора инженеринг како предводник во високоградбата во Македонија и компанија што ужива голема доверба кај нашите клиенти, чуствува одговорност константно пионерски да ја придвижува целата градежна индустрија напред.
www.kapital.mk
Капитал број 852 26.02.2016
32
COVER STORY
КРУНА НА 14-ГОДИШНОТО РАБОТЕЊЕ
АДОРА FLATIRON СКОПЈЕ
ПОДИГНАТ ЗА РЕКОРДНИ ШЕСТ МЕСЕЦИ
Р
епрезентативниот станбено - деловен комплекс Адора Flatiron Скопје во централната урбана зона на Скопје е подигнат за шест месеци. Темелот на овој уникатен објект беше поставен на 31-ви јули минатата година, во предвечерјето на големиот празник Илинден, а последната 21-ва плоча ( три под земја и 18 над земја ) со површина од 2.000 м² беше поставена во февруари 2016-та, со максимално залагање, ентузијастичка и посветена работа на целиот стручен тим на Адора инженеринг со 350 искусни инженери, вредни градежни работници и врвни мајстори. Работејќи деноноќно, овие градители за шест месеци подигнаа објект со вкупна површина од 22.408 м², вградувајќи во него 25.000 м³ висококвалитетен бетон МБ 40 и 2.500 тони железо, што со темелната армирано-бетонската плоча од 155 cm, централното јадро - атриумот со армирано бетонските платна, примената на еврокодовите и поголемиот процент на вградено железо, арматура и бетон од проектираното, гарантира врвна
Само минатата година компанијата има исплатено три милиони евра бруто плата на своите вработени и има издвоено 260.000 евра за исхрана на работниците на нејзините градилишта. Во 14 години работа, Адора инженеринг има вградено 134.420 м² висококвалитетен бетон во изградба на своите објекти, од кои 33.000 м³, или најголема количина бетон во 2015-та година е вградена во изградба на новите објекти од комплексот Аеродром и во атрактивниот Адора Flatiron Скопје, инвестиции кои продолжуваат со реализација и во 2016-та година. Бетоните што ги вградува Адора инженеринг во своите градби се со цврстина до МБ 50, за разлика од законски пропишаните МБ 30. Во изградба на своите објекти Адора инженеринг во изминатите 14 години има вградено вкупно 15.000 тони железна арматура, каде 2015-та година учествува со најголема количина од 3.700 тони железо, што е гаранција за цврстите градби на компанијата, кои се одликуваат со докажана врвна асеизмичка
22
милиони евра инвестиција
40
Адора Flatiron не е ист како култната зграда на Менхетн, туку само потсетува на ова национално историско обележје на Њујорк.
милиони евра економски обрт
Зградата што инспирација црпи од њујоршката икона Flatiron, за само шест месеци Адора успеа да ја издигне до ниво на горна плоча, а своите први станари ќе ги добие на почетокот од 2017 година. статика, цврстина, издржливост и сеизмичка стабилност на објектот. Адора Flatiron Скопје, кој најмногу поради триаголната форма на градежното земјиште, е инспириран од култната архитектонска икона на Менхетн, зградата Flatiron, во срцето на Скопје
стабилност. Клиентите секогаш го заслужуваат најдоброто и затоа Адора 14 години има јасна определба да креира дом со трајни вредности за купувачите и нивните семејства. Разликата меѓу Адора инженеринг и останатите градежни компании на пазарот, односно нејзината уникатност и додадена вредност во понудата на станови и деловен простор, според извршниот директор д-р Драгана Чифлиганец, е фактот што Адора е единствена градежна компанија во земјава која заедно со Институтот за земјотресно инженерство и сеизмологија врши „вештачки земјотрес” со цел научно да се докаже сигурноста на новоизградените станбени објекти. Освен издржливоста, во проектите е вклучена и енергетската ефикасност, бидејќи самите клиенти од тоа имаат голема придобивка, пред сè во намалувањето на потрошувачката на електрична енергија за греење и ладење. Исто така, компанијата вложува во делот на квалитетни материјали кои се вградуваат во
го носи духот на Њујорк, како врв на урбаното домување и светскиот бизнис стил. Комплексот, кој е последен збор на науката, технологиите, стандардите, трендовите и иновациите во градежната индустрија и високоградбата, нуди голем избор на 237 елитни домови и 42
ГРАДИТЕЛСКИТЕ ПОДВИЗИ НИЗ БРОЈКИ
Ги повлековме најхрабрите чекори во најтешките времиња!
2.500
домови изградени досега (156.000 м2)
200 3.000 134.420 14.316
деловни простории (13.471 м2)
паркиралишта (37.460 м2)
вграден бетон
м3
тони вградена железна арматура
www.kapital.mk
Капитал број 852 26.02.2016
33 луксузни penthouse станови со прекрасен панорамски поглед кон сите страни на Скопје, распоредени во три ламели, со три влеза, распоредени по шест стана на кат во еден влез, опслужени со седум експресни лифтови и 394 паркиралишта на три подземни нивоа и партер. Ентериерот на објектот ќе биде луксузно дизајниран, со простран внатрешен влезен хол – пацио, раскошно оплеменет и илуминиран, со централно поставен отворен средишен простор со стаклен простор – атриум, кој ќе овозможи продор на природна светлина и циркулација на свеж воздух и ќе биде надополнет со светлосни ефекти што ќе будат убави емоции кај станарите. Посебна предност на објектот Адора Flatiron Скопје, висок 58 метри, е целосно отворениот поглед од највисоките penthouse станови, каде станарите ќе го гледаат Скопје на дланка, имајќи свое парче од небото и домувајќи комфорно и целосно интимно, ќе ги уживаат сите придобивки на високиот урбан стил на живот во срцето на Скопје, на само 1 км и 10 минути пеш од главниот плоштад Македонија. Атрактивната локација и големиот избор на ексклузивни деловни простории на приземјето и мезанинот, со можност за спојување до 1.773 м²,
на граѓаните им нудат одлични услови за развивање успешен бизниси во светски стил. Идејата на Адора инженеринг беше да го изгради најубавиот комплекс кој ќе биде нов препознатлив урбан белег на Скопје и Македонија, сепак со разумни цени, достапни за македонските граѓани. “Комплексот Адора Flatiron Скопје е круна на 14 годишната работа на Адора инженеринг. Во реализацијата на секоја педа од овој по многу атрибути специфичен објект се вградени моето 40 годишно менаџерско и стручно знаење и 6 децениското животно искуство, како и професионалниот потенцијал на целиот тим на компанијата потврдена како лидер во високоградбата во Македонија. Објектот во кој станарите ќе добијат докажано стабилен и квалитетен дом изграден по најсовремените европски стандарди, е досега најголема инвестиција на Адора инженеринг од 40 милиони евра економски обрт, што претставува 10 % од вкупните инвестиции во високоградбата во Република Македонија во 2015-та година, што е најголем поединечен инвестициски проект, а за мене животно дело.“, вели проф-др. Ванчо Чифлиганец, основач, сопственик и генерален директор на Адора инженеринг.
Најголем инвеститор во високоградбата Во 2015 влеговме оптимистички со инвестиции од 50 милиони евра и 900 нови станови и повторно успеавме
50
900
11%
400%
милиони евра инвестиции само во 2015 г.
e само Адора Flatiron од вкупните инвестиции во високоградба во Македонија во 2015 година
нови станови почнати во 2015 г.
поголема изградба во 2015 во однос на просекот од претходните 12 години
Пионери во сите аспекти на високоградбата
XX Единствени во Македонија ги тестираме зградите со вештачки земјотрес Адора инженеринг е прва и единствена компанија која во самостојна Република Македонија асеизмичата стабилност на станбените објекти научно и практично ја докажува со тест- вештачки земјотрес, заедно со реномираниот Институт за земјотресно инженерство и сеизмологија ИЗИИС. Првиот вештачки земјотрес е реализиран по повод 50 годишнината од скопскиот земјотрес, во јули 2013 година на станбено-деловен објект во модерната населба „Адора” во Скопје, општина Аеродром, Ново Лисиче.
XX Прва компанија со енергетски пасош за еко објект А-класа во Македонија Адора инженеринг е пионер во изградбата на еко домовите во Македонија, уште кога оваа сфера не беше законски регулирана во земјава, за што компанијата досега има добиено пет национални признанија за најдобри општествено одговорни практики и е прогласена за најеколошка компанија. Постојано ги унапредува енергетски ефикасните градби, со имплементација на најновите технологии, решенија и иновации во областа на енергетската ефикасност. Компанијата го изгради првиот станбен објект во Македонија за кој во 2014-та година го доби првиот енергетски пасош А - класа од лиценцирана фирма, со што со сертификат се потврдија одличните енергетски карактеристики на објектите кои трошат енергија за греење и ладење до 4 пати помалку од порано.
XXПрви со иновации во звучната изолација со многуслоен ѕид
Компанија сме што постојано ја унапредува звучната изолација, се залага станарите во објектите што ги градиме, покрај енергетскиот сертификат, во иднина да добиваат и сертификат за звучната изолација -проектирана и изградена, измерена од овластена институција. Првпат во Македонија, во нашите објекти воведовме иновација – звучна изолација со многуслоен ѕид, до 63 децибели, што е за 60-80% над македонските стандарди.
www.kapital.mk
Капитал број 852 26.02.2016
34
cover story
објектите. Стручњаците од Адора инженеринг редовно ги посетуваат сите меѓународни саеми за градежништво кои нудат најнови висококвалитетни матерјали и опрема со што современите трендови и стандарди во домувањето на глобално ниво, ги уживаат и граѓаните на Македонија, во чии домови има паркет и шпански плочки од прва класа и други квалитетни материјали од увоз. “Сметаме дека купувачите сè повеќе го препознаваат квалитетот. Во областа на енергетската ефикасност законот предвидува Ц класа да биде најнизок стандард, а ние ја воведуваме највисоката А класа како наш стандард. Први воведовме т.н. енергетски пасош, а веќе пет години промовираме енергетска ефикасност, уште кога кај нас тоа не беше законски регулирано. Активни сме и во делот на фотоволтаичните системи, што ги поставуваме на сите кровови од нашите станбени објекти со кои се произведува енергија потребна за заедничкото осветлување. Тоа е скапа инвестиција, но ја заштитува животната средина. Ходниците ги правиме широки и со природна светлина, а тука е и делот за пристап на лицата со посебни потреби. Во таа насока ги следиме меѓународните стандарди што полека се воведуваат во Македонија. Исто така гледаме просторот околу самите објекти да биде уреден со зеленила, за да имаме подобра животна средина. Од суштинска важност за успехот на Адора се човечките ресурси, менаџментот со тројца доктори на науки, докторанти, 8 магистри и магистранти, кои со поддршка на компанијата се доедуцираат во различни области, 20-тина високообразовани кадри, вредните градежни работници и искусните мајстори ”, вели д-р Драгана Чифлиганец. Нејзиниот брат Душко Чифлиганец, пак, ќе додаде дека фактот што тие ја имаат една од најблагородните професии во општеството, а тоа е градењето домови, и додава уште поголема тежина на нивната работа. “Адора инженеринг како предводник во високоградбата во Македонија и компанија што ужива голема доверба кај нашите клиенти, чуствува одговорност константно пионерски да ја придвижува целата градежна индустрија напред.“, вели Душко Чифлиганец и додава дека во македонското градежништво, или поконкретно, високоградбата, има сè уште потенцијал за натамошен раст. “Ако земеме предвид дека во 2014-та година градежништвото учествувало со 15,66 % во бруто домашниот производ, а минатата 2015-та вредноста на извршените градежни работи во Македонија пораснала за 39,4 % во однос на 2014-та година, доаѓаме до заклучок дека градежништвото е една од клучните гранки во домашната економија и главен двигател на економскиот раст. Потенцијал за растг на оваа економска гранка сè уште постои, а сметам дека огромен простор има за унапредување во архитектурата, стандардите, квалитетот и методите на изведба. Ние како компанија, изминатиов период развивме стрататешки партнертства со неколку водечки фирми во високоградбата од соседните држави
ДОЛЖНИ СМЕ ДА ИЗГРАДИМЕ ПОЗДРАВО И ПОХУМАНО ОПШТЕСТВО
Над 50% од профитот во 2014 г. е дониран за повеќе општествено одговорни намени.
М
отото дека еден човек или компанија не постојат сами за себе или за своето опкружување и повеќегодишната практика на менаџментот за помагање на заедницата, прерасна во стратегиска определба за вложување во секоја општина каде Адора инженеринг гради објекти, со цел успехот да се подели со заедницата, а повратните ефекти од инвестициите и економските резултати да ги почувствуваат купувачите, граѓаните и општеството во целина.
Во 2014 година подигнато е спомен обележјето „Фаќач на крст“ во Охрид, донација од Адора инженеринг
АДОРА НА САЕМОТ ЗА НЕДВИЖНОСТИ 2016
ЗА НАЈСРЕЌНИОТ КУПУВАЧ НА СТАН
ШКОЛУВАЊЕ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ АМЕРИКАН КОЛЕЏ СКОПЈЕ
А
дора инженеринг традиционално ќе се претстави со уникатен штанд на Меѓународниот саем на недвижности RealExpo 2016, што по осми пат ќе се одржи од 1-ви до 5-ти март на Скопски саем. Традицијата на интересни изненадувања и вредни награди за купувачите продолжува и годинава, со награда – обезбедено комплетно факултетско или последипломско школување на Универзитетот Американ колеџ Скопје, за најсреќниот купувач на стан во уникатниот Адора Flatiron Скопје, комплексот Аеродром и најновата атракција Adora Diamond Garden во Тафталиџе. Целта на наградната игра, што ќе трае до 17-ти март, е најсреќниот купувач на стан да добие шанса бесплатно да го подигне на повисоко ниво образованието, со што заедно со новиот, сигурен, топол и економичен дом, Адора се грижи да обезбеди просперитетна и среќна иднина на семејството. Покрај специјалните поволности за купувачите во различни пригоди и празници, Адора инженеринг, на своите купувачи кои ги смета за големо пријателско семејство, секогаш им нуди повеќе од дом, како опремување на станот, патувања во Дубаи и низ Медитеранот и им подарува автомобили, како што е Мазда CX-3, што ќе ја добие најсреќниот купувач на стан на отворањето на маркантниот комплекс Адора Flatiron Скопје. и поширокиот регион, со кои постојано разменуваме информации, идеи и конркетни изведбени решенија. Можам слободно да кажам дека во периодот што следува, купувачите можат да очекуваат драстично унапредување на нашите производи во сферата на стандардите за акустика, системите за климатизација, дизајнот, вградените материјали и ентериерното уредување. Видлив пример за тоа ќе бидат нашиот Адора Flatiron Скопје и најновата Адора Diamond Garden во Тафталиџе“, вели Душко Чифлиганец, кој што на позицијата заменик генерален директор се приклучи во менаџерскиот тим на Адора инженеринг минатата година, по враќањето од школувањето на Американскиот универзитет за менаџмент
во Дубаи. И тој, како и останатите двајца од топ менаџментот на Адора инженеринг, за себе велат дека не стравуваат да сонуваат на големо и да влегуваат во предизвици што некои би ги оцениле како преголеми. Затоа и во глобално кризни времиња влегоа во големи инвестиции – само во 2015 година речиси 50 милиони евра инвестиции во висока градба.
Успех споделен со заедницата
Не она што ќе го земете, туку она што ќе го оставите зад вас ја дефинира вашата големина“, рекол еднаш некој мудар човек. Во Адора инженеринг, се раководат токму од оваа мисла. Оставајќи прекрасни објекти за домување зад себе, но и неброени проекти за заедничкото добро на сите, Адора ја
www.kapital.mk
Капитал број 852 26.02.2016
35 во чекор со светскиот тренд на зелено домување
АДОРА DIAMOND GARDEN НАСКОРО ВО ТАФТАЛИЏЕ - СКОПЈЕ
В
о 2016-та Адора инженеринг започнува нов атрактивен комплекс со симболично име Адора Diamond Garden, кој ќе се гради на атрактивна локација во Тафталиџе-Скопје. Објектот на десет ката, чија надворешност е инспирирана од зелениот дијамант, прекриен со многу стаклени површини и дијамантски структурни црти, во внатрешноста во буквална смисла ќе претставува зелена градина. На приземниот дел ќе бидат сместени деловните простории со површина од од 50 до 1.100 м², чија посебна предност е катната висина од пет метри, што нуди можност за обезбедување на дополнителен простор за галерија, а излозите ќе имаат директен пристап од улицата. На десетте ката на објектот ќе има 140 модерни и луксузни станови со површина од 30 м², 50, 70, 110, до 200 м². Посебен акцент во комплексот имаат комфорните станови на аголните делови, каде дневниот престој ќе биде целосно во стакло и ќе изобилува со природна дневна светлина. Објектот ќе располага и со голем број сопствени модерни паркиралишта. Вреди да се каже уште нешто за ентериерното уредување на Дијамантската градина на Адора. Внатрешноста на зградата се темели на два засебни отворени средишни простори со стаклен покрив, таканаречени атриуми, што ќе бидат извор на природна светлина
исполнува својата мисија на општествено одговорна компанија, чија што цел не е само сопствениот развој и успех. Мотото дека еден човек или компанија не постојат сами за себе или за своето опкружување и повеќегодишната практика на менаџментот за помагање на заедницата, прерасна во стратегиска определба за вложување во секоја општина каде Адора инженеринг гради објекти, со цел успехот да се подели со заедницата, а повратните ефекти од инвестициите и економските резултати да ги почувствуваат купувачите, граѓаните и општеството во целина. Во декември 2013 година Адора инженеринг ја основа фондацијата “Проф. д-р Ванчо Чифлиганец“, со цел да ја продолжи повеќегодишната филантропска традиција
и циркулација на свеж воздух во целиот комплекс. Посебна атракција и ексклузивност ќе бидат внатрешните зелени градини кои ќе се простираат долж целата висина на објектот и ќе бидат декорирани со дрво. Во централниот дел на целиот концепт, ќе има заедничка просторија, оплемента со многу зеленило, што ќе овозможи заедничко дружење на станарите. Становите ќе бидат поделени во два влеза, со четири супер модерни лифтови и застаклени скалишта. Адора Diamond Garden, најновиот објект на потврдениот градежен и богатата корпоративна општествена одговорност, преку поддршка и унапредување на образованието, науката, спортот, културата и уметноста во Македонија, сега преку оваа непрофитна, непартиска, хуманитарна фондација. Мисијата и визијата на Адора инженеринг е да биде пионер - предводник во Македонија и во регионот во воведувањето на новините за поквалитетно домување и во рамките на бизнис целите и стратегијата, да гради концепт на општествено одговорна компанија. “Менаџментот на Адора од самиот почеток на работењето сè до денес, 14 години и возвраќа на заедницата преку најразлични активности и остава трајни дела за следните генерации. Наше мото е дека секогаш
бренд Адора инженеринг е лоциран во населбата Тафталиџе, општина Карпош, во близина на СП маркет и пазарот Тафталиџе, Основното училиште Братство, Средните училишта НОВА и Јахја Кемал, Студенсткиот дом Гоце Делчев, трговскиот центар Сити мол, со поглед и свеж воздух од падините на Водно, на дофат на развиена инфраструктура и главните сообраќајни артерии во Скопје. Со овој објект се надеваме дека ќе го внесеме брзорастечкиот светски тренд на зелено домување во Македонија! треба да им се помага на оние на кои тоа им е најпотребно, благородно е да се поддржуваат млади талентирани ученици и студенти, успешни спортисти и амбициозни поединци, кои се иднината на Македонија. Нашиот успех секогаш го споделуваме со заедницата и граѓаните бидејќи тоа е клучот за изградаба на едно здраво и похумано општество, воедно сакаме да ги поттикнеме и другите да дадат придонес за создавање на посреќна заедница со еднакви можности за сите граѓани. Горда сум што денес општествената одговорност е препознатлив дел од корпоративниот идентитет и бизнис имиџот на Адора инженеринг“, вели д-р Драгана Чифлиганец, извршен директор на Адора инженеринг. nnn
18 2016
фарМација
МарТ
специјален прилог
Фармацевтскиот пазар претрпе “потреси“ изминативе години –кој навистина доби, а кој загуби во “борбата“ помеѓу здравствените власти и веледрогериите. Колку навистина е профитабилен бизнисот со лекови и зошто “традиционално“ предизвикува контроверзии околу наводните огромни екстрапрофити што се прават во него? Како светските фармацевтски гиганти продаваат на македонскиот пазар: кои се најпродавани фармацевтски брендови во земјава?
Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...
WWW.KAPITAL.MK
анализа специјален прилог
COVER STORY
ТУРБУЛЕНЦИИ НА ЕВРОПСКИОТ
СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ ТЕЛЕКОМ ПАЗАР
ФАРМАЦИЈА
И МАКЕДОНИЈА ЗАФАТЕНА ОД БРАНОТ
20 18 МАРТ 2015
МАРТ
2016
ПОЛИТИКА
ШТО ПО ЛИДЕРСКАТА СРЕДБА ВО ПОНЕДЕЛНИК?! АНАЛИЗА
КАПИТАЛ SPECIAL
ТОП 100 ИЗВОЗНИ ПРОИЗВОДИ
СУПЕРМАРКЕТИТЕ ПЛАЌААТ КОГА САКААТ, КОЛКУ САКААТ И КАКО САКААТ
КОЈ ГО ВЛЕЧЕ МАКЕДОНСКИОТ ИЗВОЗ?
КОЈ Е КОЈ НА ПАЗАРОТ ЗА ЛЕКОВИ
ГОЛЕМА ИНВЕСТИЦИЈА НА МАКСТИЛ ОД 22 МИЛИОНИ ЕВРА
ЈОРДАНОВ: МЕТАЛУРШКИТЕ КОМПАНИИ ВО ЦЕЛИОТ СВЕТ ИМААТ ПОСЕБЕН ТРЕТМАН ОД ДРЖАВАТА
БИЛДЕРБЕРГ: КАКВА ИДНИНА КРОИ СВЕТСКАТА ВЛАДА? БРОЈ 817 | ЦЕНА 100 ДЕН. | 26 ЈУНИ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16
WWW.KAPITAL.MK
Во специјалниот прилог за пазарот на лекови во Македонија што ќе излезе на 18-ти март ќе може да прочитате: l Кој е Кој на пазарот за леКоВи: ги рангираме најголемите производители, дистрибутери и синџири на аптеки во македонија l КаКо голеМите сВетсКи фарМацеВтсКи Куќи доаѓаат на МаКедонсКиот пазар: кои се нивните дистрибутери во земјава l КаКВи леКоВи пијат МаКедонсКите граѓани: топ светски брендови или помалку квалитетни алтернативи l КолКу се профитабилни доМашните произВодители и тргоВци со леКоВи и разни додатоци Во исхраната l Веледрогериите го шират бизнисот: продажбата на здрава храна е еден од новите сектори за освојување l од прВа раКа: интервјуа со најголемите играчи на пазарот
Повеќе информации во врска со прилогот и за претставување во истиот можете да добиете на е-мail: marketing@kapital.com.mk l gordana.mihajlovska@kapital.mk или на телефонскиот број ++ 389 2 3298 505
Лицe за контакт:
ГОРДАНА МИХАЈЛОВСКА
www.kapital.mk
Капитал број 852 26.02.2016
52
Наука
“
Напредокот, било каков и да е, е невозможен доколку напорите не се насочени кон зголемување на благосостојбата, кон мирот и создавањето. Според тоа, механичкото сфаќање на животот е единствено со учењата на Исус и Буда
како никола тесла го гледал 21 век?
Развојот на животот ќе биде под целосна контРола на науката
Н
Никола Тесла отсекогаш бил посебен човек и научник, заради јасната и чиста мисла. Познатиот граѓанин на светот, како што смамиот се нарекувал, бил пред времето, и тогаш, а и денес.
Фасцинантно е колку неговата мисла и денес е јасна. Неговите дела го прават бесмртен и секогаш одново и одново човек кој припаѓа на иднината. Секој човек со добра волја, слободен ум, чиста и јасна мисла, поглед кон иднината, едноставно секој космополит го слави Никола Тесла. Во прилог Капитал пренесува одредени делови од неговото интервју објавено во весникот Liberty во февруари 1937 година, во кое Никола Тесла зборува како ја гледа иднината во 21 век.
поглед во нашето време
“Превидувањето е неблагодарно. Ниту еден човек не може да види премногу далеку во иднината. Напредокот и пронајдоците се развиваат во други правци од оние кои сме ги предвидувале. Такво беше моето
искуство, иако себеси си ласкам дека случувањата потврдиле многу развојни правци кои сум ги предвидел во првата третина од 20 век. Изгледа дека отсекогаш сум бил пред времето. Требаше да чекам 19 години да проработи електраната на Нијагара заснована на мојот сисием, поминаа 15 години откако мојот патент за бежичен пренос на сигнал, објавен уште во 1893 година, најде универзална примена. Ги најавив космичките зраци и мојата теорија за радиоактивност уште во 1896 година. Едно од моите најзначајни откритија - резонантноста на Земјата како основа на бежичниот пренос на енергија, кое го објавив во 1899 година, многу не го разбираат ниту денес. Речиси две години откако го направив преносот на електрична енергија околу целата планета,
Тесла: НапредокоТ ќе биде НевозможеН ако луѓеТо про
www.kapital.mk
Капитал број 852 26.02.2016
“
53
Универзалната примена на водената енергија и нејзиниот пренос на големи раздалечености, ќе овозможи секое домаќинство да дојде до евтина енергија.
Едисон, Штајнмец, Маркони и други, тврдеа дека е невозможно на бежичен начин преку Атлантикот да се пренесе ниту обичен сигнал, а не пак електрична енергија. Со обзир дека наговестив толку многу откритија, мислам дека нема многу да погрешам ако се обидам да предвидам како ќе изгледа животот во 21 век.
животот е движење
Животот е и секогаш ќе биде равенка чие решение не можеме во целост да го дофатиме, но таа равенка сепак содржи и одредени познати факти. Со сигурност можеме да кажеме дека животот е движење, иако недоволно ја познаваме неговата природа. За движење е неопходно тело кое се движи и сила која го потиснува и му помага да го совлада отпорот. Човекот е маса која ја потискува силата. Оттука, и општите закони во царството на механиката кои важат за движењето, можат да се применат и на човештвото. Постојат три начини како може да се зголеми енергијата која го одредува човечкиот процес. Прво, можеме да ја зголемиме масата. Тоа во случајот на човештвото би значело пдобрување на условите за живот, здравјето, развој на човечкиот вид и слично. Второ, можеме да ја намалиме силата на отпорот кој го успорува напредокот, како што се незнаењето, глупоста и религиозниот фанатизам. Трето, можеме да ја помножиме енергијата на човечката маса преку совладување на силите на универзумот, како што се силата на сонцето, океаните, ветрот, плимата и осеката. Со првиот метод остваруваме повеќе храна и благосостојба. Со вториот се создаваат услови за мир. Со третиот метод се зголемува нашата способност да работиме и создаваме. Напредокот, било каков и да е, е невозможен доколку нашите
“
Уверен сум дека за сто години, кафето, чајот и тутунот нема да бидат толку примамливи. Алкохолот, сепак, ќе се користи, бидејќи тој не е стимуланс, туку проверен еликсир на животот.
напори не се насочени кон зголемување на благосостојбата, кон мирот и создавањето. Според тоа, механичкото сфаќање на животот е единствено со учењата на Исус и Буда. Иако не сум верник во ортодоксна смисла, се потпирам на религијата. Прво, затоа што секој човек мора да има некој идеал – религиозен, уметнички или хуманитарен - со цел неговиот живот да има некаква смисла. Второ, бидејќи сите големи религии содржат мудри препораки за добар живот кои важат и денес, како и во времето кога биле создадени. Не постои конфликт помеѓу идеалите на науката и идеалите на религијата, но науката е спротивставена на догмите, бидејќи науката се заснова на факти. За мене, универзумот е едноставно голема машина која никогаш не настанала и никогаш нема да исчезне. Човечкото битие е исклучок во природниот поредок на работите. Човекот е машина, како и универзумот. Ништо не допира до нашиот
ум, ниту влијае врз нашето делување, посредно или непосредно, а да не е одговор на пораката која преку нашите сетила ја примаме од надворешната средина. Заради сличноста на нашата конструкција и нашата околина, сите слично одговараме на слични влијанија, а како резултат на нашите реакции, доаѓаме до разбирање. Во текот на сите векови, се развивале бесконечно сложени механизми. Меѓутоа, она што ние го викаме душа или дух, не е ништо повеќе од збир на сите функции на телото. Кога овие функции ќе исчезнат, исто така исчезнуваат и душата или духот. Јас овие идеи ги изнесов далеку пред бихејвиористите, предводени со Павлов во Русија и Вотсон во САД, да го објават концептот на својата нова психологија. Ова, очигледно механистичко сфаќање не е во спротивност со етчките сфаќања на животот. Општото прифаќање на овие поставки не би ги разорило религиозните идеали. Денес, будизмот и христијанството
одолжаТ со дивјачкаТа пракса На меѓусебНо убивање
www.kapital.mk
Капитал број 852 26.02.2016
54
Наука за предвоените потреби, го усовршија германските хемичари. Значително пред крајот на следниот век, систематското пошумување и научно управување со природните ресурси, ќе стави крај на шумските пожари и поплавите. Универзалната примена на водената енергија и нејзиниот пренос на големи раздалечености, ќе овозможи секое домаќинство да дојде до евтина енергија, па ќе престане потребата за согорување на течности. Со намалувањето на напорите за голо преживување, човечките напори ќе бидат повеќе насочени кон развој на идеали, отколку кон материјални вредности.
“
Со намалувањето на напорите за голо преживување, човечките напори ќе бидат повеќе насочени кон развој на идеали, отколку кон материјални вредности.
се најголеми религии, и по бројот на верници и по значењето. Верувам дека нивните суштински сфаќања ќе изградат нова религија на човековата душа во 21 век.
Хигиената и физичката култура ќе бидат највисок приоритет
Во 2100 година развојот на животот ќе буде под целосна контрола на науката. Во минатото, под законитостите на борбата за опстанок, главно исчезнаа помалку подобните карактеристики. Човечкото ново чувство на сожалување се спротивставува на неумоливото делување на природата. Единствен метод кој би одговарал на нашето чувство на цивилизациско однесување е стерилизација и потиснување на сексуалниот инстинкт кај неприлагодените единки. Неколку европски и некои членки на унијата на САД се одлучуваат д ги стерилизираат криминалците и ментално пореметените личности. Тоа не е доволно. Научниците секогаш вршат притисок основањето на брачна заедница да се направи што потешко. На секој кој не е поуздан родител нема да му биде допуштено да создава потомство. За еден век од денес, на нормална личност ќе и биде еднакво неприфатливо да општи со неприлагодените припадници на општество, исто како со обичните криминалци. Хигиената и физичката култура ќе бидат признаени делови на образовниот систем
и државниот апарат. Министер за хигиена и физичка култура во 2035 година, во владата на тогашниот претседател на САД, ќе биде позначаен од министерот за одбрана. Загаденоста на нашите крајбрежја, како што е денес околу Њујорк, за нашите деца и внуци ќе биде незамисливо, како што за нас е незамислив животот без водоводи и канализации. Снабдувањето со вода строго ќе се надгледува, а само луд човек ќе користи вода која не е стерилизирана. Повеќе луѓе ќе умираат од загадена вода, отколку од други стимуланси. Јас исто така, не јадам месо. Уверен сум дека за сто години, кафето, чајот и тутунот нема да бидат толку примамливи. Алкохолот, сепак, ќе се користи, бидејќи тој не е стимуланс, туку проверен еликсир на животот. Стимулансите нема да исчезнат под присила. Едноставно, веќе нема да биде во мода, организмот да се труе со такви штетни состојки. Природната храна како што се млеко, мед и житарки, ќе бидат основа на епикурејските вечери и врвните ресторани во дваесет и првиот век. Ќе има доволно жито и производи од жито за да се прехрани целиот свет, вклучувајќи и милиони гладни во Кина и Индија. Нашата планета е пребогата, а таму каде што нешто недостасува, азотот добиен од воздухот, ќе може да го обнови ткивото на земјата. Јас во 1900 година развив процес за оваа намена. Подоцна после 14 години,
славни ќе бидат оние кои ќе го победат незнаењето
Денес, и најцивилизираните земји во светот, максимумот на своите приходи го трошат на војни, а минимум на образование. Во 21 век тој однос ќе се промени. Најславни ќе бидат оние кои ја добиваат битката со незнаењето, а не оние кои умираат на војните полиња. Откривањето на нови научни вистини ќе привлекува повеќе внимание од дипломатските случувања. Дури и новините на нашето време почнаа да ги прифаќаат научните откритија или новото филозофско сфаќање како и секоја друга вест. Новините на 21 век се уште ќе пишуваат за криминални и политички контроверзи, но главните наслови на насловните страни ќе бидат објавите на новите научни хипотези. Напредокот ќе биде невозможен доколку луѓето продолжат со дивјачката пракса на меѓусебнно убивање. Од својот татко, ерудит и упорен борец за мир, ја наследив длабоката омразеност кон војната. Како и другите пронаоѓачи, некое време верував дека војните можат да се сопрат, ако се направат поразорни. Но, сфатив дека тоа е погрешно Го потценив човечкиот боречки инстинкт, за кој ќе треба повеќе од еден век за сосема да избледи. Војната не може да се укине со тоа што ќе го ставиме надвор од законот. Нема да ја сопреме војната ако ги разоружиме најмоќните. Војните ќе се спречат, не со тоа што ќе ги ослабиме најсилните, туку така што секој народ, слаб или силен, ќе биде во состојба самиот себе да се одбрани.
секоја земја мора да има капацитет да се брани
Оттука, секое средство кое се користи за одбрана може да служи и за агресивни намери. Со тоа се обезвреднуваат добрите намети за остварување на мирот. Меѓутоа, јас успеав да дојдам до идеја како да ги усовршам средствата кои би служеле за одбрана. Ако би се прифатила, тоа целосно ќе ги измени односите помеѓу народите. Со тоа секоја земја, голема или мала, ќе биде способна да пружи отор на непријателските восјки, авионите или другите средства за напад. Мојот изум подразбира изградба на голем генератор,
Тесла: само луд човек ќе корисТи вода која Не е сТерлизираНа
Рок за пРијавување: 10 мАрТ 2016
Научете како се подготвува апликација за ипаРд 2 пРогРамата! (куРс за изготвување На пРоекти за аплициРање На повици од ипаРд 2 пРогРамата) l 14 март - 15 април 2016 (три пати неделно) l 17:00-19:30 часот l во просториите на Институт Концепт, Скопје курсот ќе даде образложение за тоа како да ја кофинансирате вашата идеја и бизнис односно ќе ви покаже како: l Да ги изградите вашите бизниси по европски стандарди; l Да бидете дел од ЕУ и создадете профит во современи услови на работа; l Да започнете нови инвестиции или ги обновите веќе постоечките капацитети; l Да инвестирате во нови градби и опрема и да повратите 65% од вложените пари веднаш по завршетокот на инвестицијата.
за време на курсот детално ќе биде објаснето и прикажано: l Како да пополните барање за апликација за средства; l Кои документи ви се потребни за апликација; l Како да го направите деловниот план и техничкотехнолошкиот проект; l Примери од кофинансирани проекти.
пРедавач: иНг. маРија васкова, сертифициран тренер на тренери за ИПАРД и акредитиран советник за развој на мали и средни претпријатрија на Р. Македонија За повеќе информации посетете ја нашата веб страна: www.koncept.com.mk
КОНТАКТ: м-р Ленче Зикова и м-р Бојана Делидинкова l e-mail: institut@koncept.com.mk l 02 3216 962
www.kapital.mk
Капитал број 852 26.02.2016
56
“
Наука
“
Хигиената и физичката култура ќе бидат признаени делови на образовниот систем и државниот апарат. Министер за хигиена и физичка култура во 2035 година, во владата на тогашниот претседател на САД, ќе биде позначаен од министерот за одбрана.
Човекот е машина, како и универзумот. Ништо не допира до нашиот ум, ниту влијае врз нашето делување, посредно или непосредно, а да не е одговор на пораката преку нашите сетила ја примаме од надворешната средина.
рувачки војни пред светот да го прифати мојот изум. Јас веројатно нема да ја доживеам неговата примена. Но, уверен сум дека за еден век од денес, сите земји ќе можат да обезбедат преку ова или некое слично средстви да станат имуни од напади.
Роботите ќе бидат современи роботи
кој кога ќе се стави во погон, би бил во состојба уништи се, од непријателските војски со воените машини во круг од 400 километри. Тој би претставувал силен ѕид и непремостлива пречка пред било кој облик на агресија. Ако ниедна земја не можете успешно да ја нападнете, тогаш престанува секоја смисла за војна опција. Моето откритие ја разоружува злобната сила на авионите или подморниците, но останува надмоќта на воените бродови, бидејќи бродовите можат да се опремат со некој од неопходните уреди. Можеби и понатаму ќе има војни на море, но ниту еден воен брод нема да може да продре преку копнената линија на одбраната, бидејќи уредите на брегот ќе бидат надмоќни над било кое неоружување на воените бродови. Сакам посебно да истакнам дека овој мој изум не се потпира на тнр. зраци на смртта. Зраците не се применливи бидејќи не можат да се произведат во потребна количина и бидејќи на големи далечини ја губат неопходната сила.
Целата енергија на Њујорк (приближно два милиони коњски сили), претворена во зраци и проектирана на далечина од 40 километри, не би можела да убие човек, бидејќи според познатите закони на физиката, толку би се расплинила да не би имала никаков ефект. Мојот апарат проектира честички кои можат да бидат релативно големи или со микроскопски димензии, и озвозможува на мал простор и на голема раздалеченост да се пренесе трилиони пати повеќе енергија отколку што е можно со зраци од било кој вид. Илјада коњски сили можат да се пренесат со сноп потенок на влакно на коса, а притоа ништо да не може да ги споре. Оваа карактеристика на зракот ќе овозможи меѓу другите работи, незамисливи резултати во телевизијата, бидејќи речиси и да нема да има ограничување за интензитетот за осветлување, големина на сликата или раздалеченоста на која е можно да се проектира слика. Не велам дека нема да има уште разо-
Безбројни работи кои денес се работат рачно, ќе бидат заменети со раце на автомати. Токму во овој момент, научниците во лабараториите на американските универзитети се обидуваат да создадат нешто што се опишува како “машина која мисли”. Таков развој предвидував уште одамна. Јас, всушност, контструирав роботи. Денес роботите се неспорен факт, но самите принципи уште треба да се откриваат. Во 21 век роботите ќе завземат место кое го имале робовите во древните цивилизации. Воопшто не постои причина заради која сето ова не би се случило и за помалку од еден век. А ако вниманието на човештвото не биде премногу окупирана со надворешни војни и внатрешни револуции, нема причина милениумот на електриката да започне и за неколку децении”. Овие изјави, и после осумдесет години, покажуваат каков вонвременски човек и научник бил Тесла. Иако некои од работите кои ги предвидел Тесла и во денешно време изгледаат далеку од реалноста, повеќе од јасно е дека ова е единствениот пат на човештвото за спас од самоуништување. Човекот навистина мора да има идеал во животот, за тој да има некаква смисла. Факт е дека никаков напредок не е можен доколку напорите не се насочат кон остварување на мир, благосостојба и создавање. Посебно во ова време. Ова не е нималку слеп идеализам. Тоа е единствен и очигледен избор во иднинатата, со оглед на минатото и сегашноста. Опомена и поука за човечкиот род од историскиот развој. nnn
Тесла: И малИТе земјИ моРа да ИмааТ сИлНа одбРаНа
www.kapital.mk
Капитал број 852 26.02.2016
58
Маркетинг и продажби
СИТЕ НИЕ СМЕ ПРОДАВАЧИ
УПОТРЕБЕТЕ ГИ ОВИЕ 3 ТЕХНИКИ ЗА ДА СТАНЕТЕ ПОДОБРИ ПРОДАВАЧИ
Без разлика дали сте сопственик на своја компанија или пак сте само вработени, постои добра шанса дека во одредена точка во текот на денот вие го продавате она што го работите. Сите ние, без разлика на нашата професија или опис на работното место, во текот на денот правиме некој вид на продажба.
www.kapital.mk
Капитал број 852 26.02.2016
60
Маркетинг и продажби
М Можеби вие по професија не сте продавач, но важно е да имате вештини за тоа како подобро да комуницирате, со цел да го добиете она што го сакате и во бизнисот и во животот. Без разлика дали сте сопственик на своја компанија или пак сте само вработени, постои добра шанса дека во одредена точка во текот на денот вие го продавате она што го работите. Сите ние, без разлика на нашата
професија или опис на работното место, во текот на денот правиме некој вид на продажба. На пример, родителите поминуваат огромно време со цел да им продадат на своите деца да си го направат креветот наутро, да учат и да бидат добри на тестовите. Претприемачот на стартап компанија поминува многу време во обид да ја продаде својата идеја на инвеститорите и другите клучни играчи што можат да му помогнат во растот на бизнисот. Извршниот директор или лидерот во голема корпорација постојано троши време продавајќи ја визијата на компанијата пред своите вработени. Вработен пак, кој работи во компанија, поминува значајно време продавајќи ги своите
НИЕ СМЕ ВРСКАТА СО СИТЕ ДЕЛОВНИ ПОДАТОЦИ КОИ ВИ СЕ ПОТРЕБНИ
#1
ЗА БИЗНИС ИНФОРМАЦИИ
ЗА ПАМЕТНИ ДЕЛОВНИ ОДЛУКИ!
02 / 3117 100 info@targetgroup.mk www.targetgroup.mk
вештини со цел да дојде до промоција и да се искачи едно скалило нагоре. Продажбата е кислородот на вашиот бизнис, на растот на вашата компанија и успехот. Без тоа, најверојатно нема да имате бизнис. Не е можно било што да порасне без продажба. Еве кои три совети ги дава магазинот Entrepreneur за тоа како да бидете поуспешен во продажбата.
почнете со прашање 1. Секогаш
Еден од најдобрите начини да комуницирате е секогаш да почнете со поставување на прашање. Многу експерти се сложуваат дека ова е најдобар начин да се почне комуникацијата и да бидете поуспешен во продажба. Доколку наскоро имате состанок за продажба со некого, пробајте да го започнете разговорот со одлични прашања. Направете истражување и дојдете подготвени со добри прашања кои ќе ги поставите. Кога поставувате добри прашања, вие правите две работи кои ќе ви помогнат на долг рок. Прво, вие создавате чувство на скромност и смиреност, нешто што секогаш ќе ви служи на позитивен начин. Второ, ќе почнете да добивате клучни одговори кои поинаку не би можеле да ги најдете или добиете. Нема ништо помоќно од тоа кога двете страни поставуваат одлични прашања. Затоа, секој разговор почнувајте го со прашање отсега па натаму.
ја вашата 2. Сменете перцепција за продажба
Постојат многу луѓе кои ништо добро нема да ви кажат за продажбата. Тие не можат да разберат зошто некој би сакал да работи таква работа, или дека да се биде во продажба мора да значи дека веројатно не сте успеале да најдете некоја друга работа. За да успеете во
продажбата, вие пред се мора да ја промените перцепцијата за тоа што значи продажба. Наместо да гледате на тоа низ негативна призма, почнете да гледате низ сосема друго светло. Продажбата е служење и помагање на другите да го добијат тоа што го сакаат. Во продажба, вие успевате само тогаш кога ќе им помогнете на другите да успеат. Доста тешко е да се успее во продажба и успешно да се продаде вашиот продукт или услуга ако постојано си велите на самите себе си колку мразете продажба и никогаш не се трудите да направите промена во однос на вашата негативна перцепција за оваа професија.
опседнати со тоа да бидете 3. Бидете генијални во решавање на проблемите
Ова може да биде основа за целосна промена на играта. Да се биде опседнат со решавање на проблеми значи да се даде вистинска вредност на пазарот што ќе ве прави различен и единствен од сите останати. Најуспешните продавачи не гледаат на својата професија како на продажба, туку гледаат на тоа како на можност да решат нечиј или некаков проблем. Тие се сосема опседнати да станат генијалци во решавање на проблемот. Барајте начини да ја удвоите вредноста што ја носите на пазарот и за вашите просперитети, а потоа насочете го целото ваше време и енергија кон решавање на вистинските проблеми. Кога ќе почнете да ги решавате проблемите и ќе станете познат дека вие успешно го правите тоа, па така вашиот бизнис и вашиот живот целосно ќе се трансформира. Станете поперфектен и поелегантен продавач и работете многу на вашите комуникациски вештини кои ќе ви помогнат уште повеќе да успеете во вашиот бизнис. Дури и да не сте продавач по професија, запомнете дека сите ние сме продавачи на некој начин. nnn
Рок за пРијавување: 3 мАрТ 2016
ЕдноднЕвЕн трЕнинг за:
наПреден ExcEl креИрање ИЗвештаИ За аналИЗа на Продажбата l 7 март 2016 (понеделник) l 10:00-15:00 часот l во просториите на институт Концепт, Скопје бенефИцИИ За вас И вашата органИЗацИја:
l на компаниите им требаат извештаи од кои јасно се гледаат резултатите од работењето. тоа е можно со користење на напреден Excel. Сепак, само 1% од вработените во една компанија имале било каков вид на обука за работа во Excel. l овој тренинг објаснува напредни техники за анализа на продажбата во Excel, со практични примери од бизнисот. Според мислењето на учесниците, по тренингот нивната работа се забрзала и до 10 пати!
клучнИ карактерИстИкИ на тренИнгот: l работа на практични примери (финансии, продажба, трошоци)
l фокусиран, интензивен тренинг во еден ден l напредни техники во Excel
на тренингот ќе се користат само бизнис примери од анализа на продажба, трошоци и финансии. за повеќе информации посетете ја нашата веб страна: www.koncept.com.mk
Предавач: Проф. д-р Зоран ИвановскИ, редовен професор на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје
КОНТАКТ: м-р Ленче Зикова и м-р Бојана Делидинкова
l e-mail: institut@koncept.com.mk l 02 3216 962
www.kapital.mk
Капитал број 852 26.02.2016
62
лидери
ричард Брансон претприемач и иноватор
не може да Бидете доБар лидер ако не ги сакате луѓето
р
Ричард Брансон, основачот на Вирџин групата, е познат британски бизнис магнат, инвеститор и филантроп и е еден од најобожаваните луѓе во светот, а многумина се импресионирани од неговата кариера. Еве што тој советува за тоа како да бидете поисполнети на работното место:
За мене, поентата на работата не е во носење одела или задоволување на акционерите. Сè е во тоа да бидете искрени спрема себе, своите идеи и да се фокусирате на суштината
Мојот генерален став спрема животот е да уживам во секоја минута од секој ден. Никогаш ништо не работам со чувството „О Боже, морам ова денес да го направам
Да имате способност да се грижите за луѓето е важно. Не може да бидете добар лидер ако не ги сакате луѓето. Само така од нив можете да го добиете најдоброто
Моето интересирање за животот доаѓа од тоа што си поставувам сам на себе големи, очигледно неостварливи предизвици и се обидувам да се издигнам над нив
Претприемништвото е претворање на она што вас ве возбудува, во капитал, така што можете да работите повеќе и да напредувате
Мојата најголема мотивација е да продолжам да се пробувам сам себе си. Животот го гледам како некое продолжено образование на факултетот кој никогаш не сум го посетувал – секој ден учам нешто ново
Работата едноставно е идеја да го направите животот, на другите луѓе, подобар
Не размислувам за работата како работа, ниту за играта како игра. Тоа сè е живот
Верувам дека досадата и гледањето на часовникот се страшно издавање на тој универзален, вроден претприемнички дух
Работата мора да нè вклучува, мора биде забавна и мора да ги тренира нашите креативни инстинкти
Над се, сакаш да креираш нешто со што си горд. Тоа отсекогаш беше мојата работна филозофија. Можам искрено да кажам дека никогаш не влегов во ниту еден бизнис само за да заработам пари. Ако е тоа единствен мотив, верувам дека е подобро тоа да не го работите