854 kapital magazin 1

Page 1

СВЕТСКА БАНКА ОТКРИВА:

СЕ ТРОШАТ МНОГУ ЈАВНИ ПАРИ, А ИМА МАЛИ ЕФЕКТИ

БИЗНИС РЕПОРТАЖА

ПРЕТПРИЕМАЧКИОТ ДУХ НА СЕВЕРОЗАПАДНА МАКЕДОНИЈА

Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

БЕГАЛСКА КРИЗА:

КЛУЧОТ Е ВО АНКАРА

WWW.KAPITAL.MK

ВКЛУЧЕН АЛАРМОТ ЗА ЗАДОЛЖЕНОСТА НА ГРАЃАНИТЕ

ЕДЕН МИЛИОН МАКЕДОНЦИ ИМААТ КРЕДИТ ОД БАНКА ДОЛЖАТ ПРОСЕЧНО ПО 2.132 ЕВРА СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

ИНОВАТИВНОСТ

Како во светот се финансираат иновативни проекти Влади и корпорации основаат фондови “тешки“ стотици милиони долари

КАПИТАЛ ВОДИЧ:

КАКО ДО ПАРИ ЗА ИНОВАТИВНИ ПРОЕКТИ ВО МАКЕДОНИЈА? БРОЈ 854 | ЦЕНА 100 ДЕН. 11 МАРТ, 2016 | ПЕТОК | ГОДИНА 17

КОИ СЕ ИЗВОРИТЕ НА ПАРИ ЗА ИНОВАТИВНИ ПРОЕКТИ ПРОЕ КТИ КТИ МАКЕДОНИЈА ВО МА МАК КЕДОНИЈА КЕДОНИЈА  банки  инвестициски фондови  фондови на ЕУ  меѓународни проекти и грантови  бизнис ангели

ЕУ програма Horizon 2020 Како до пари од европските фондови?

КАКО ДО ПАРИ ЗА ИНОВАТИВНИ ПРОЕКТИ ВО МАКЕДОНИЈА? Поддршка што не значи директно финансирање Инкубатори и акцелератори

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ ИНОВАТИВНОСТ

КАКО СЕ ФИНАНСИРААТ ИНОВАЦИИТЕ ВО СВЕТОТ?



3

Капитал број 854 11.03.2016

СОдржиНА

18 04

profile

08

НАВиГАТОр

10

16

Лидери Хилари Клинтон и Доналд Трамп Според Фондот за здравство Во Македонија има 1.433.830 полнолетни граѓани. На избирачки список се над 1,8 милиони

cover story

Влучен алармот за задолженоста на граѓаните Еден милион Македонци имаат кредит од банка, должат просечно по 2.132 евра

кАпиТАЛНО БиљАНА ЗдрАВкОВСкА СТОјчеВСкА кога демократијата ја губи својата смисла

42

54

18

држАВНО упрАВуВАње

36

БиЗНиС репОрТАжА

27

СпецијАЛеН приЛОГ

42

СВеТ БиЗНиС и пОЛиТикА

Светската банка открива дека јавните пари се трошат неефикасно Се трошат многу пари, а има мали ефекти иНОВАТиВНОСТ

КапиТал ВоДич Како до пари за иновативни проекти во Македонија? n Како во светот се финансираат иновативни проекти Влади и корпорации основаат фондови “тешки“ стотици милиони долари n ЕУ програма Horizon 2020 Како до пари од европските фондови? n Во Македонија засега еден ventureинвестициски фонд Се чекаат првите финансирани компании n поддршка што не значи директно финансирање инкубатори и акцелератори n

48

Северозападна Македонија претприемничкиот менталитет го убиваат неликвидноста и бирократијата

Од самит до самит ублажувањето на бегалската криза е со статус „напредок“ Тешко одржливо еевропското решение чиј клуч е во анкара

МАркеТиНГ

Зошто во дигиталната ера печатениот маркетинг е се уште многу важен?

52 преТприеМНишТВО рекоа за ...среќата 54 Лидер БиЛ ГејТС милијардер и филантроп

успехот е лош учител

ЗАдОЛжеНи МАкедОНци

дуиНГ БиЗНиС

БеГАЛци

Домашните банки се борат за исти клиенти кои ги преземаат една од друга нудејќи им поголеми потрошувачки кредити на подолги рокови, по фиксни каматни стапки за првите три години. Тоа на краток рок изгледа атрактивно за банките и за клиентите, но еден ден ќе предизвика сериозни проблеми и кај оние што ги даваат и кај оние што ги земаат кредитите, предупредуваат од Народната банка.

Регионот на Северозападна Македонија веќе подолго време важи за поле на кое се раѓаат, развиваат и шират низа различни бизниси кои се успешни како на домашниот, така и на странскиот пазар. Капитал реши и теренски да ги провери работите на терен и да посети повеќе фирми од овој регион со цел на нашите читатели да им го доближиме бизнис духот во овој дел од Македонија.

Додека се чека следната недела, на новиот ЕУ- самит да му се даде потребната цврстина на договорот со Турција за ублажување на бегалската криза, аналитичарите велат дека и покрај ставот на Меркел оти „одржливо решение може да се постигне само со Турција“, не може да се смета за реалистичен, план во кој од официјална анкара се очекува да го понесе клучниот товар на решавањето на бегалската криза.

XX Стр. 10

XX Стр. 36

XX Стр.42

Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје l Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31 l П. ФАХ 503, 1000 Скопје l Основач и директор: Љупчо Зиков l Одговорен уредник: Биљана Здравковска Стојчевска l Печати: Графички центар Скопје, ул. Скупи бб, 1000 Скопје l Тираж: 3.000 примероци l Датум на печатење: 10.03.2016


www.kapital.mk

profile

Лидери

Клинтон VS Трамп Примарните избори во САД дадоа јасно до знаење дека голем дел од американските гласачи се лути: лути на нивните претставници, лути на нивните опоненти и лути на светот. Оптимистчното сценарио зависи колку денешниот антагонизам помеѓу двете партии ќе може да биде претворен во сила за промени.


Капитал број 854 11.03.2016

M

Можноста од дуел Клинтон vs Трамп е прилично неатрактивна. Хилари Клинтон по се изгледа ќе биде кандидат на Демократите на изборите за претседател на САД кој ќе се одржат во ноември годинава. Човекот кој има најголеми шанси засега да и се спротивстави на изборите за претседател на САД, како претставник на Републиканците, е Доналд Трамп. Тоа е резултатот по одржаниот Супер Вторник и после примарните избори во САД. Трамп победи во седум од 11 држави што му дава голема предност пред останатите републикански кандидати. Медиумите веќе пишуваат дека станува многу тешко да се за замисли дека Трамп ќе биде победен од некои од останатите републикански кандидати во трката за претседател на САД. “Единствена пречка на Трамп кон Овалната соба се чини дека би можела да му биде Хилари Клинтон”, пишува магазинот Економист. Иако кандидатите на Републиканците и Демократите ќе се знаат дури во јули, многу медиуми веќе ги ставаат Клинтон и Трамп во дуел на изборите во ноември. Оптимистчното сценарио зависи колку денешниот антагонизам помеѓу двете партии ќе може да биде претворен во сила за промени. Примарните избори дадоа јасно до знаење дека голем дел од американските гласачи се лути: лути на нивните претставници, лути на нивните опоненти и лути на светот. Сега засега таа лутина кај десницата се канализира преду поделби и предлози кои се прилично неетички. На страна на левицата, оваа лутина е накако покултурна, но е прилично длабока. Предизборните математики покажуваа дека кандидатите и од едната и од другата страна ќе се борат за гласачите кои ги поддржуваат, но кои обично одлучуваат на избори да не излезат и да останат домна. Тоа се очекува само да ја зголеми лутината како средство за да ги мотивираат гласачите да излезат и да гласаат. Ако оваа очајна логика се повтори во дуелот Клинтот vs Трамп, тоа би можело да има грди и далкусежни последици, посебно за Републиканците. Ако победи во борбата потпалувана со лутина и предводена од Трамп, Републиканската партијата би можела да потоне во изолација, ксенофобија и економски популизам. Ако го преживее овој голем шифт, ќе стане бела-националистичка партија во земја каде мнозинството не се бели. Многу веројатно, дека на овој начин би се

profile

5

Ако победи во борбата потпалувана со лутина и предводена од Трамп, Републиканската партијата би можела да потоне во изолација, ксенофобија и економски популизам. Ако го преживее овој голем шифт, ќе стане беланационалистичка партија во земја каде мнозинството не се бели.

“Ако Клинтон успее да ја комбинира високата излезност на нејзина страна со значителниот број на Републиканци кои разочарани од Трамп ќе апстинираат или ќе гласаат за демократскиот кандидат, тогаш Демократите не само што ќе победат на претседателските избори, туку ќе ја повратат целосната контрола во Сенатот”, пишува Економист.

создале делови од Рпубликанската партија кои би го побарале својот дом на некое друго место. За Хилари Клинтон следењето на моделот на лутина, можеби нема да направи поделба во партијата, но сигурно би и донело пораз. Таа има декади на искуство во политиката и сигурно знае дека политиката на “љубов и љубезност” би и донело повеќе гласови во трката за претседател. Клинтон ја има шансата да ја обедини колацијата на антиТрамп гласачи и со тоа да си обезбеди поголем број гласови отколку гласовите кои на Обама му донесоа победа на претседателските избори во 2008 година.

разочарани од Трамп ќе апстинираат или ќе гласаат за демократскиот кандидат, тогаш Демократите не само што ќе победат на претседателските избори, туку ќе ја повратат целосната контрола во Сенатот”, пишува Економист. За да ги придобие анти-Трамп гласачи, Клинтон ќе мора да се сврти кон умерените, бизнис-ориентирани Републиканци, кои за возврат био требало да ги стават националните интереси пред победата на нивните во ноември. Многу Републиканци, како на пример Мит Ромни кој беше претседателски кандидат во 2012 година почнаа јавно да го напаѓаат Трамп, а во следниов период за очекување е тој чекор да го направат многу други. После изборите се разбира таа колација би се растопила многу побрзо отколку што беше формирана. Демократите би можеле да ја искористат својата предност и да истуркаат се што можат без поддршка на нивните противници. Или, пак, би успеале овој консензус да го одржат на подолг рок. Засега тоа може само да се замисли. nnn

Републиканците против Трамп

Очајот од Трамп како водечки кандидат кај некои Републиканци е толку голем, што вообичаените правила за преминување на гласачи од една во друга партија би можеле да не важат за овие избори. “Ако Клинтон успее да ја комбинира високата излезност на нејзина страна со значителниот број на Републиканци кои


КОНКУРС ЗА НАТПРЕВАР ВО ОРАТАТОРСТВО – ПРЕДИЗВИК НА ГОВОРНИКОТ Имаме чест и задоволство да Ве поканиме на првиот натпревар во ораторство од јавен карактер во организација на ФОН Универзитет. Сите студенти кои студираат на акредитирани високобразовни установи во Република Македонија имаат право на учество. Истовремено ги охрабруваме и ги покануваме младите луѓе со развојни потешкотии кои се на студии да се пријават на конкурсот. Крајниот рок за пријавување е 21 март.Натпреварот ќе се одржи 14 април (четврток) во 18:30 часот во свечениот амфитеатар на ФОН Универзитет. Најдобрите тројца студенти ќе бидат наградени со стипендии за школарина од ФОН Универзитет за прв и втор циклус на студии, награди од Генералниот покровител на настанот винарија Стоби, од спонзорот - Издавачка куќа Култура, Капитал и бесплатни обуки во Академија за протокол на Македонија. Вкупниот фонд на награди за говорниците изнесува 20.000 евра. Студентите ќе се натрпеваруваат во две дисциплини. Подготвен говор и импровизиран говор. Темата за подготвениот говор е: БЕДНА Е ОНАА ПРАВДА, КОЈА МОРА ДА СЕ ПРАВДА Правила и начини за подготовка на ваквиот говор 1. Говорот и импровизацијата ќе бидат на Македонски јазик 2. Говорникот мора да подготви оригинален говор кој е информативен, интересен и убедлив 3. Текстот на треба да содржи повеќе од 10% цитати 4. За време на говорот се користат белешки кои му помагаат на говорникот, но цитатите кои се користат не смеат да се читаат 5. Кога натпреварувачот ќе заврши со својот говор останува во просторијата за да ги ислуша говорите на останатите учесници 6. Максималната граница на говорење изнесува 5 минути. Долна граница нема 7. Сите говори ќе имаат 15 секунди грејс период почнувајќи од моментот кога е даден стоп сигналот. На крајот од 15-те секунди говорникот ќе биде запрен од страна на судијата и сето она што е кажано потоа нема да се земе во предвид Правила за импровизиран говор 1. Темата за импровизиран говор се дава 15 минути пред да биде презентиран говорот. 2. Кандидатите се повлекуваат во простории каде ќе можат самостојно да се подготват. 3. Говорот мора да биде оргинален што би значело, истиот да информира, да забавува или да уверува. 4. За време на прензетирањето на импровизираниот говор, кандидатот може да ги користи сопствените белешките, но не смее да биде очигледно читањето од истите тие белешки. 5. Говорникот кој ги користи белешките не треба да биде казнет за истото, доколку ги следи критериумите од претходното правило ( правило 4). 6. Кога кандидатот ќе заврши со својот говор им се приклучува на останатите говорници. 7. Максималното време за говор е 3 минути, со тоа што не постои минимум ограничување на времето. 8. Сите говорници имаат 15 секунди грејс период, почнувајќи од моментот кога стоп сигналот е веќе даден. На крајот на овие 15 секунди, претседавачот вербално ќе го прекине говорникот и судијата ќе занемари се она што ќе биде кажано дополнително. Говорниците треба да го пополнат формуларот за електронско аплицирање www.fon.edu.mk, по што стручна комисија ќе избере 12 најдобри говорници кои ќе учествуваат на ораторската вечер. Пријавите треба да бидат доставени најдоцна до 21 март 2016 г. Целокупниот настан ќе се пренесува во живо преку radiomof.mk како и прикажан на националните телевизии. Дополнителни информации може да се добијат на 02 2 44 55 03 или наelena.karovska1@fon.mk



www.kapital.mk

Капитал број 854 11.03.2016

8 НАВИГАТОР

ИЗЈАВА НА НеделАТА

> БРОЈКА

11.4% e зголемен бројот на одобренија за градби во јануари 2016 во однос на истиот месец минатата година

дОНАлд ТУСК претседател на Европскиот совет

Завршија деновите на илегална eмиграција во Европа. И покрај добрата примена на заедничкиот Акциски план, приливот на мигранти од Турција во Грција и понатаму е голем. Мора да биде намален

МеТАлУРГИЈАТА БАРА СПАС

З

дружението на металургија при Стопанската комора побара помош од државата, со цел да се ублажат и полесно да се надминат последиците од најголемата досегашна криза во која се наоѓа металургијата. “Металургијата ја доживува најголемата криза од 2008 година и нема изгледи состојбата брзо да се промени. Ниту еден од домашните капацитети не работи со полн капацитет, што влијае на зголемување на трошоците и на остварување неповолни резултати. Компаниите работат со преполовени капацитети, а уделот во извозот

Според Фондот зА здрАВСтВо

Во МАкедониЈА иМА 1.433.830 На ИЗбИРачКИ СпИСОК Се НаД

д пишува:

Александар Јанев

aleksandar.janev@kapital.mk

Десетици луѓе запишани на иста адреса, па дури и на адреси на државни институции и една амбасада и починати граѓани се уште фигурираат на избирачкиот список што го објави Државната изборна комисија во пресрет на неговото прочистување. Според последниот пресек на Државната изборна комисија (ДИК) од февруари годинава, на избирачкиот список има запишано вкупно 1.812.489 луѓе. Од друга страна, податокот од базата на Фондот за здравствено осигурување до кој што дојде Капитал покажува дека во Македонија на крајот на минатата година имало 1.433.830 полнолетни граѓани и оваа бројка значително отстапува од бројот на граѓани запишани во избирачкиот список. Разликата меѓу податоците од избирачкиот список на ДИК и Фондот за здравство е 378.659 луѓе.

Според последниот пресек на државната изборна комисија (дик) од февруари годинава, на избирачкиот список има запишано вкупно 1.812.489 луѓе. од друга страна, податокот од базата на Фондот за здравствено осигурување до кој што дојде капитал покажува дека во Македонија на крајот на минатата година имало 1.433.830 полнолетни граѓани. разликата меѓу податоците од избирачкиот список на дик и Фондот за здравство е 378.659 луѓе.


www.kapital.mk

Капитал број 854 11.03.2016

9 мисла на неделата

с оД ДрЖаваТа на овие компании е намален”, вели претседателот на Здружението, Митко Кочовски. Како главни трошоци кои влијаат негативно на работењето на компаниите од Здружението на металургија посочија на обврската да купуваат домашна „зелена енергија“, која е скоро два пати поскапа од другите земји, потоа акцизата на петрол кокс која е воведена само во Македонија, високата цена на железничкиот транспорт и наметнатата регулатива за еколошко усогласување. Дополнително, трошоците на компаниите ги обременува и меѓусебниот договор да не отпуштаат работници и во услови кога производството стагнира бидејќи многу тешко доаѓаат до соодветен кадар.

не е економски владите да одлучуваат кои компании се премногу големи за да пропаднат. по таа логика истите се премногу големи и за да постојат.

Берни Сандерс

кандидат за претседател на САД

> БроЈка

58%

oд одобренијата за градба издадени во месец јануари се наменети за објекти од високоградбата

лидери

полнолетни граѓани. 1,8 МилиоНи

Вкупната бројка на евидентирани граѓани во системот за здравствено осигурување, пак, е 1.826.610. Во отсуство на попис на населението и имајќи ги предвид податоците за отселените луѓе од земјава од релевантните меѓународни институции, статистичарите оценуваат дека оваа бројка речиси целосно го одразува бројот на луѓе што реално живеат во Македонија. сепак, избирачкиот список освен резидентите што живеат во Македонија, ги вклучува и иселениците. „евиденцијата на Фондот за здравствено осигурување е најпрецизна во однос на реалната бројка на луѓе што живеат во Македонија, бидејќи на сите нас ни треба здравственото осигурувањеи речиси сите го имаме. За сиромашните и невработените, на пример, државата ги плаќа придонесите за здравствено осигурување. сепак, можеби постои мал дел на луѓе што од какви било причини не успеале да се пријават во Фондот, или пак да достават документи на време, но тоа би било на ниво на статистичка грешка од

+/- 2%, не повеќе“, оценуваат за Капитал експерти од областа на статистиката. од Фондот за здравствено осигурување, исто така оценуваат дека доколку се оперира со бројката на население според последниот попис од 2002 година, произлегува дека над 90% од луѓето во земјава имаат здравствено осигурување и со тоа се опфатени во нивната база на податоци. проблематично е тоа што годинава партиите се договорија дијаспората да не гласа на претстојните избори, а иселениците сепак ќе фигурираат во избирачкиот список. оттука, една од главните задачи во процесот на враќање на довербата во избирачкиот список мора да биде јасното диференцирање кој гласа во изборните единици во Македонија, а кој ќе чека право на глас на некои следни избори во амбасадите во странство. На тој начин единствено може да се спречи ризикот некој во Македонија да го злоупотреби гласот на иселеник, односно со двојна лична карта да гласа наместо некој кој одамна не гласа овде, а чие име фигурира на списокот на избирачко место во земјава. споредбата на податоците од Фондот за здравство и од последниот избирачки список доставен до Државната изборна комисија претставува само провизорен обид да се најде логика во бројките, меѓутоа, најпрецизна слика за точниот број на луѓе со право на глас треба да даде вкрстувањето на базите на податоци од дури 11 институции во земјава. Фондот за здравствено осигурување е една од тие институции што ги доставија до Државната изборна комисија своите бази на податоци. nnn

Милчо Манчевски

Македонскиот режисер Милчо Манчевски е добитник на Наградата за кариера на меѓународниот филмски фестивал Фантаспорто во Португалија.

Јохан ШнаЈДер аМан

Швајцарија е земја со најдобри перформанси на енергетскиот систем за 2016 година според последниот извештај на Светскиот економски форум

не им беше неделата

алексанДар чичаковски

Вкрстувањето на податоците покажа многу нејаснотии во избирачкиот список од чие прочистување ќе зависи датумот на изборите

Џек Дорси

Twitter се соочува со загуба од над 2.09 милоијарди долари од моментот кога почнале со работа па до денес поради намалената стапка на раст на корисници


www.kapital.mk

Капитал број 854 11.03.2016

COVER STORY: ВКЛУЧЕН АЛАРМОТ ЗА STORY 10 COVER

ЕДЕН МИЛИОН МА ИМААТ КРЕДИТ ОД ДОЛЖАТ ПРОСЕЧН Откако Народната банка ги заузди банките да даваат потрошувачки кредити со објаснување дека постои голем ризик да се влоши наплатата, првиот месец од годината покажува дека мерките почнале да даваат резултати. Статистиката на Народната банка покажа дека растот на потрошувачките кредити во јануари е запрен, а салдото е дури и намалено во споредба со месецот претходно. Се намалила и задолженоста на граѓаните со кредитни картички, но во исто време минусот на тековните сметки се продлабочил. Сепак, на годишно ниво, задолженоста на граѓаните со потрошувачки кредити, кредитни картички и минуси на тековните сметки во јануари е поголема за 13,6%. Граѓаните им должат на банките вкупно 1,21 милијарди евра кредити за лична потрошувачка, а овие заеми што се сметаат за најризични, опфаќаат две третини од вкупното портфолио за населението.

1,35 2010 2010

1, 1,53

1,43 2011 2011

2012 2012

2 20


www.kapital.mk

Капитал број 854 11.03.2016

А ЗАДОЛЖЕНОСТА НА ГРАЃАНИТЕ 11

АКЕДОНЦИ Д БАНКА, НО ПО 2.132 ЕВРА

,69

2013 2013

2,14

ЗАДОЛЖЕНОСТ НА ГРАЃАНИТЕ ПО ВИДОВИ КРЕДИТИ ПОТРОШУВАЧКИ

996,2 МИЛИОНИ ЕВРА

КРЕДИТИ ЗА СТАНБЕН И ДЕЛОВЕН ПРОСТОР

510,7

1,89

МИЛИОНИ ЕВРА

КРЕДИТНИ КАРТИЧКИ

388,8

КРЕДИТИ НА ГРАЃАНИ ВО МИЛИЈАРДИ ЕВРА

МИЛИОНИ ЕВРА

НЕГАТИВНИ САЛДА

190,1

Извор: Народна банка

МИЛИОНИ ЕВРА

АВТОМОБИЛСКИ

9,8

МИЛИОНИ ЕВРА

ДРУГИ КРЕДИТИ

2014 2014

2015 2015

41,5 МИЛИОНИ ЕВРА


www.kapital.mk

Капитал број 854 11.03.2016

Александар Јанев

aleksandar.janev@kapital.mk

Откако Народната банка ги заузди банките да даваат потрошувачки кредити со објаснување дека постои голем ризик да се влоши наплатата, првиот месец од годината покажува дека мерките почнале да даваат резултати. Статистиката на Народната банка покажа дека растот на потрошувачките кредити во јануари е запрен, а салдото е дури и намалено во споредба со месецот претходно. Се намалила и задолженоста на граѓаните со кредитни картички, но во исто време минусот на тековните сметки се продлабочил.

Сепак, на годишно ниво, задолженоста на граѓаните со потрошувачки кредити, кредитни картички и минуси на тековните сметки во јануари е поголема за 13,6%. Граѓаните им должат на банките вкупно 1,21 милијарди евра кредити за лична потрошувачка, а овие заеми што се сметаат за најризични, опфаќаат две третини од вкупното портфолио за населението. Токму тоа ја загрижи Народната банка за на крајот на минатата година да воведе поголемо капитално барање за секој нов одобрен потрошувачки кредити, долг на кредитна картичка или минус на тековна сметка. Советот на Народната банка објасни дека во последните две години, е евидентиран доста брз раст на потрошувачките кредити, пред сè потрошувачките кредити со рочност над десет години, а „во практиката, речиси секогаш, по брзиот раст на кредитирањето, вообичаено проследен и со олеснување на условите за кредитирање, следи период на отежната наплата на побарувањата“, истакна Советот на Народната банка. „Засега, портфолиото на потрошувачките кредити на македонските банки не покажува остварување на ризиците од брзиот раст и олеснетите услови за кредитирање. Растот на нефункционалните потрошувачки кредити е умерен, но забрзува во последните месеци“, истакна

20,2%

Вкупна изложеност кон домаќинствата

5,5%

27,4% Трговципоединци

11,3%

26,1% Автомобилски кредити

20,9%

10,1%

Кредитни картички

Негативни салда на тековни сметки

7,1%

20,3%

5,2%

Потрошувачки кредити

18,3%

2,8%

О пишува:

19,0%

ЛОШИ КРЕДИТИ ПО НАЈЛОШО СЦЕНАРИО ОД СТРЕС ТЕСТОВИ

ЛОШИ КРЕДИТИ

Кредити за станбен и деловен простор

38,8%

12

Советот на Народната банка. Последните достапни податоци покажуваат дека 5,2% од потрошувачките кредити се спорни за наплата. Кај минусите на тековните сметки, спорен за наплата е 7,1% од долгот, додека кај кредитните картички, овој удел изнесува 10,1%. Меѓутоа, стрес тестовите на Народната банка покажаа дека доколку се случи лошо сценарио во економијата, уделот на лошите потрошувачки кредити, кредитни картички и минуси кај граѓаните, ќе порасне до 20%. Гувернерот на Народната банка, Димитар Богов вели дека банките водејќи се од својот деловен интерес, последните две години ги гледаат потрошувачките кредити како начин за зголемување на својата каматна маргина и за диверзификација на ризикот на поголем број мали клиенти. „Големата слика што ја гледа Народната банка покажува брз раст на потрошувачките кредити, особено на оние со рочност од над десет години, висока стапка на раст на лошите потрошувачки кредити и зголемување на износот на задолженост по поединечни клиенти. Значи, банките се борат за исти клиенти кои ги преземаат една од друга нудејќи им поголеми кредити на подолги рокови, по фиксни каматни стапки за првите три години. Тоа на краток рок изгледа атрактивно за банките и за

ФАКТ: 2/3 ОД КРЕДИТИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ СЕ ЗА ЛИЧНА ПОТРОШУВАЧКА


www.kapital.mk

Капитал број 854 11.03.2016

13 клиентите, но еден ден ќе предизвика сериозни проблеми и кај оние што ги даваат и кај оние што ги земаат кредитите. Амбиентот на ниски каматни стапки нема да трае вечно“, вели Богов. Тој потсетува дека Американските Федерални резерви веќе почнаа со зголемување на каматната стапка, а во 2017 или 2018 година се очекува истото да го направи и Европската централна банка. „Токму тогаш истекува рокот во кој потрошувачите плаќаат фиксни камати за земените кредити. Потоа ратите за отплата драстично ќе се зголемат, а многу граѓани нема да можат да ги плаќаат. Народната банка го препозна тој ризик и донесе мерка со која бара од банките соодветно да го земат предвид повисокиот ризик кај потрошувачките кредити подолги од осум години и да обезбедат поголем капитал за да го покријат истиот“, потенцира Богов. Банкарите објаснуваат дека политичката криза и стопирањето на инвестиции во реалниот сектор ги натерале повеќе да одобруваат кредити на граѓани. „Во услови кога голем број инвестициски проекти се одложија моравме да направиме делумна промена на стратегијата за во тој момент да не гo изгубиме чекорот на пораст. Од овие причини се засили

Г

ДИМИТАР БОГОВ

гувернер на Народната банка

олемата слика што ја гледа Народната банка покажува брз раст на потрошувачките кредити, особено на оние со рочност од над десет години, висока стапка на раст на лошите потрошувачки кредити и зголемување на износот на задолженост по поединечни клиенти. Амбиентот на ниски каматни стапки нема да трае вечно. Американските Федерални резерви веќе почнаа со зголемување на каматната стапка, а во 2017 или 2018 година се очекува истото да го направи и Европската централна банка. Токму тогаш истекува рокот во кој потрошувачите плаќаат фиксни камати за земените кредити. Потоа ратите за отплата драстично ќе се зголемат, а многу граѓани нема да можат да ги плаќаат.

кредитирањето на населението“, објасни Владимир Ефтимоски, генерален директор на Стопанска банка Битола. Сепак, последната анкета помеѓу банкарите за нивните очекувања покажа дека тие ќе ги затегнат кредитните услови за потрошувачките кредити во наредниот период, што е прва ваква промена по 2009 година. Банкарите објаснуваат дека Народната банка ги донела овие ограничувања со цел да спречи евентуално непродуктивно презадолжување на населението. „Инвестициите на бизнисите во услови на

политичкото и економското опкружување се до одредена мера ограничени, а дел од банките поради тие причини се насочија поизразено кон кредитирање на населението, каде и покрај влошување на квалитетот на портфолиото, побарувачката е постојано присутна особено во делот на потрошувачки кредити и картички. Ваквиот сигнал од страна би требало да придонесе на посилен фокус на банките кон реалниот сектор и поддршка на сегментите кои придонесуваат за позначителен долгорочен економски раст“, оценува Јованка Јолеска Поповска, генерален


www.kapital.mk

Капитал број 854 11.03.2016

14

cover story Владимир Ефтимоски

Јованка Јолеска Поповска

В

нвестициите на бизнисите во услови на политичкото и економското опкружување се до одредена мера ограничени, а дел од банките поради тие причини се насочија поизразено кон кредитирање на населението, каде и покрај влошување на квалитетот на портфолиото, побарувачката е постојано присутна особено во делот на потрошувачки кредити и картички.

генерален директор на Стопанска банка Битола.

о услови кога голем број инвестициски проекти се одложија моравме да направиме делумна промена на стратегијата за во тој момент да не гo изгубиме чекорот на пораст. Од овие причини се засили кредитирањето на населението.

И

генерален директор на ПроКредит банка.

се спорни за наплата, но во услови на влошување на економијата, уделот на лоши кредити може да порасне и до 38,8%.

Задолженоста на граѓаните надмина 2 милијарди евра

директор на ПроКредит банка.

Расте интересот за станбени кредити, паѓа за автомобилски

Според резултатите од Анкетата за кредитната активност, забележан е силен раст на побарувачката за станбени кредити. Меѓутоа, податоците заклучно со јануари покажуваат дека за една година банките одобриле само 4,7% повеќе станбени кредити со што вкупната задолженост на граѓаните по овој основ е 433,5 милиони евра. Станбените кредити важат за најсигурни пласмани за банките и тоа го докажуваат и податоците според кои само 2,8% од нив доцнат за наплата и спаѓаат во лоши кредити. Самиот факт што имаат недвижен имот како обезбедување ги

прави станбените кредити сигурни а со тоа и клиентите се поажурни во редовната отплата на своите месечни обврски. Доколку се оствари најлошото сценарио во економијата што го зема предвид Народната банка при спроведувањето на стрес тестовите, уделот на лоши станбени кредити ќе порасне до 18,3%. Додека интересот на граѓаните за купување на станови расте, бројките покажуваат дека драстично опаѓа побарувачката за автомобилските кредити. За една година, банките одобриле 41,9% помалку кредити за купување автомобили што е уште еден доказ за пазарната криза кај импортерите на возила. Уделот на лошите кредити одобрени за купување автомобили е исто така најголем. Четвртина од автомобилските кредити

Долгот на граѓаните во банките надмина 2 милијарди евра откако банките во последните неколку години целосно ги ставија во фокусот кредитите за населението, а ги замрзнаа кредитите за приватните фирми поради кризата во реалниот сектор. Кредитниот раст кај граѓаните во јануари изнесува 13% на годишно ниво. За споредба, кредитирањето на фирмите во истиот период се зголемило за само 5,4%. Статистиката покажува дека вкупно 966.904 граѓани имаат земено кредит од банка, што значи дека секој од нив просечно должи по 2.132 евра. Сепак, во споредба со европскиот просек Македонците важат за ниско задолжени. Во ЕУ, граѓаните просечно должат по 12.500 евра што е пет пати повеќе отколку во Македонија. Во Хрватска на пример, граѓаните им должат на банките по околу 4.000 евра. Третина од долгот на граѓаните во банките во земјава е на луѓе што имаат плата меѓу 15.000 и 30.000 денари. Повеќе од половина од задолжените граѓани, пак, односно 570 илјади луѓе што зеле кредит, имаат плата не повисока од 15.000 денари. Граѓаните важат и за подисциплинирани должници во споредба со фирмите бидејќи лошите кредити кај населението изнесуваат само 105 милиони евра, во споредба со 390 милиони евра спорни за наплата од бизнис секторот. Стрес тестовите на Народната банка покажаа дека доколку се случи најлошото економско сценарио, лошите кредити за населението ќе „инфицираат“ четвртина од вкупното портфолио. nnn

Факт: Половина од задолжените граѓани со помала плата од 15.000 денари



пишува: Биљана Здравковска стојчевска

Кога демократијата ја губи својата смисла Во Македонија без оглед што навидум има повеќе партии, гласачот има избор да го заокружи само оној кој претходно добил амин и поддршка од партискиот лидер да се најде на гласачкото ливче. Па граѓаните гласаат за лица или поточно гласаат за дигачи на два прста, кои на лидерот треба да му го обезбедат мнозинството во Парламентот. Односно, да му ја обезбедат можноста да носи какви сака закони, мерки и одлуки. Овој систем кој го има Македонија и кој го нарекуваме демократија, ни оддалеку не го претставува интересот на граѓаните. Ова е систем кој ги штити и претставува интересите на политичките елити. Во ваков систем изборите немаат некоја посебна поента. biljana.zdravkovska@kapital.mk facebook.com/biljana.zdravkovska

I

Историјата од 25 години независност покажува дека Македонија досега поминала низ 14 изборни циклуси (сосе најавените предвремени парламентарни избори годинава). Што значи дека политички избори има во просек на секои година и девет месеци. На Македонија и претстојат уште едни избори, кој знае кои по ред парламентарени избори. Без разлика кога ќе се одржат, и овие избори ќе бидат тест на кој Македонија ќе треба да докажува дека е демократска држава. После толку одржани избори, Македонија сега пред целиот свет треба да докажува дека сака и умее да одржи демократски и слободни избори на кој народот ќе може слободно да ја изрази својата волја. Во секоја една демократија, изборите се нешто како празник на демократијата. Кај нас, после 25 години практикување на демократија и по толку многу одржани избори, се чини дека демократијата се уште е само збор, без никаква суштина. Демократијата е моќно средство да се тргне од власт некоја лоша власт или некој автократ и да се дисциплинираат власта ако зебага во погрешен правец...Но, тоа е очигледно можно само во либералните држави. Во држави во кои има слобода и конкуренција во партискиот систем и во економијата. Во Македонија без оглед што навидум има повеќе партии, гласачот има избор да го заокружи само оној кој претходно добил амин и поддршка од партискиот лидер да се најде на гласачкото ливче. Па граѓаните гласаат за лица или поточно гласаат за дигачи на два прста, кои на лидерот треба да му го обезбедат мнозинството во Парламентот. Односно, да му ја обезбедат можноста да носи какви сака закони, мерки и одлуки. Овој систем кој го има Македонија и кој го нарекуваме демократија, ни оддалеку не го претставува интересот на граѓаните. Ова е систем кој ги штити и претставува интересите на политичките елити. Во ваков систем изборите немаат некоја посебна поента. Исто како што немаат поента, на пример, изборите во Демократска Народна Република Северна Кореја. На пример, на изборите во Северна Кореја кои лани се одржаа за прв пат откако дојде на власт Ким Џонг Ун, постоел само еден кандидат за кој може да се гласа. Секој кандидат го одбрал големиот лидер. И народот има опција да заокружи да или не. Негласањето за оној кој лидерот го одбрал се смета за предавство. Па така излезноста на избори е 99,7%, од кои 99,7% гласале за избраниците на лидерот. Бидејќи сите знаат дека власта ги проверува гласачките списоци, и за оние кои ги нема на списокот се отвара посебен случај. Оние 0,03% кои не излегле да гласаат биле во странство. Која е тогаш поентата на изборите? Нема поента. Исто како што нема поента во Македонија. Во вакви држави како Македонија, каде нема конкуренција ниту во економскикот и политичкиот систем, еден доволно итар политичар може во секое време да си обезбеди демократската поддршка за


КапиталНО

Се додека не се смени политичкиот систем и се додека не се донесат закони со кои ќе се обезбеди конкуренција во политиката и економијата, кои ќе овозможат граѓаните во оваа држава да имаат вистински избор кога гласаат, се дотогаш секое гласање ќе биде фарса. Само обична смена на политичките елити и со нив поврзаните бизнис елити. За една власт да биде демократски легитимирана дека е избрана од народот, народот мора прво да има право слободно да избира. Македонските граѓани таков избор немаат. се што прави. Доволно е само да може да донесува одлуки кои во секој момент се во интерес на наводното мнозинство. И да ги знае точно кои се интересите на мнозинството. И тие одлуки потоа да му ги изгласа гласачката машинерија која тој си ја одбрал, а народот демек ја потврдил на избори. Додуша, во Македонија, која нема направено попис веќе 14 години, а не ни има план наскоро да прави, демократската поддршка на мнозинството е многу релативна и растеглива категорија. Тоа го покажа и објавувањето на избирачкиот список , кои само ги извади начините на кои власта може да си подигрува со гласачкото право и со институтот избори. А бомбите кои цела македонска јавност ги слушаше што се се прави за да се победи на избори и да се добие мнозинството, а кои сега се дел од Титаник, само ја потврдуваат

дилемата за смислата на изборите во Македонија. На Македонија и се потребни економски реформи и реформи на партискиот систем за да има демократија во државата. За овие реформи не станува збор во ниту една предизборна кампања. Македонските граѓани немаат избор да гласаат за овие реформи, бидејќи тие не се ставени на гласачкото ливче, ниту се тема на предизборните кампањи. Се додека не се смени политичкиот систем и се додека не се донесат закони со кои ќе се обезбеди конкуренција во политиката и економијата, кои ќе овозможат граѓаните во оваа држава да имаат вистински избор кога гласаат, се дотогаш секое гласање ќе биде фарса. Само обична смена на политичките елити и со нив поврзаните бизнис елити. Затоа во Македонија најчесто не се гласа за, туку се гласа против.

Основната карактеристика на демократијата е дека целата власт произлегува од народот и дека народот е носител на сувренитетот. Народот одлучува. Звучи едноставно. Но, во земја како Македонија која не може или не сака да спроведе попис, што е наједноставно преборојување на населението кое живее во една земја, ова “народот одлучува” звучи премногу апстрактно. Потоа, за една власт да биде демократски легитимирана дека е избрана од народот, народот мора прво да има право слободно да избира. Македонските граѓани таков избор немаат. Изборите, по дефиниција, треба да бидат празник на демократијата. Но, кога институцијата избори се злоупотребува и банализира, тоа само зборува дека политичарите ја киднапирале демократијата од народот. Оттука натаму, демократијата ја губи својата смисла. nnn


Капитал број 854 11.03.2016

18

www.kapital.mk

Државно управување

Светската банка открива дека јавните пари се трош

Се трошат многу а има мали ефект Во најновиот извештај на Светската банка во кој се анлизира ефикасноста на јавните трошења во однос на добиените резултати, во споредба со другите земји од регионот, се заклучува дека Владата можела да ги постигне истите ефекти со значително помали трошења, како на пример, трошењата кои биле направени во образованието, инфраструктурата и социјалната заштита, каде ефиканоста е на ниско ниво.

Светска банка: Македонија можела да ги постигне истите


www.kapital.mk

Капитал број 854 11.03.2016

Н пишува:

Биљана Здравковска Стојчевска biljana.zdravovska@kapital.mk

7,1% 9,6% 4,1% 2,1% 50 1,4% 26%

ФАКТИ од БДП се троши за здравство од БДП се трошоците за пензии од Буџетот се троши за образование од БДП се трошат за програми за поддршка на земјоделието милиони евра неплатени долгови има во здравството е учеството на земјоделието во растот од населението во Македонија до 2050 година ќе биде со старост над 65 години

ШАТ НЕЕФИКАСНО

ПАРИ, ТИ

Неодамна Светската банка објави извештај, во кој се објавени резултатите од анализата на јавните трошења на Македонија. Експертите на Светската банка ги анализирале сите јавни трошења на Македонија во изминативе неколку години и дошле до прилично интересни заклучоци и уште поинтересни препораки. Основното прашање на кое Светската банка се обидува да даде одговор е како Македонија да ги задоволи своите потреби за инвестирање, без да ја загрози фискалната одржливост. За да не дојде до рапидно зголемување на јавниот долг, јавните инвестиции треба да бидат проследени со фискална консолидација од страна на власта. Што се однесува, пак, до фискалната консолидација, Светската банка предлага неколку извори преку кои би можеле да се остварат заштеди во буџетот, како на пример, одржување на пензиските трошоци на констатен удел во БДП, намалување на субвенциите во земјоделоието, намалување на трансферите кон локалните власти, но и намалување на некои капитални проекти на централно ниво. На пример, анализата на ефикасноста на јавните трошења во однос на резултатите добиени од овие трошења, во споредба со другите земји од регионот, сугерира дека Владата можела да ги постигне истите резултати со значително помали трошења, како на пример, трошењата кои биле направени во образованието, инфраструктурата и социјалната заштита. На пример, Македонија троши околу 4,1% од буџетот на образование, што е највисок износ во целиот регион, а индикаторите за квалитет за образованието се под регионалниот просек. Иако бројот на лица кои се запишуваат во високото образование се зголемува, квалитетот на високото образовани останува низок, констатираат експертите на Светската банка. Што се однесува, пак, до трошоците за здравството во Македонија тие се на ниво од 7,1% од БДП и се пониски во однос на некои земји од регионот и европскиот просек. Но, овој Извештај открива и еден податок кој досега не беше познат во јавноста. Имено,

19 од Светската банка посочуваат дека во изминатите неколку години во здравството се натрупани неплатени обврски и долгови кои достигнуваат 0,6% од Бруто домашниот производ. Тоа би значело дека долговите на здравството надминуваат 50 милиони евра. Неплатени обврски исто така има натрупано и кај локалните власти и општините, посебно за неплатени комуналии.

Светската банка предлага субвенциите во земјоделието да се намалат

Светската банка посочува дека македонскиот земјоделски сектор има значајна улога преку неговото учество во БДП, во вработеувањата, надворешната трговија и потрошувачката на домаќинствата. Земјоделието учествува со околу 10% во БДП, со 19% во вкупната работна сила, 15% во вкуониот извоз и 20% во вкупниот број на вработувања и 40% од вкупната домашна потрошувачка. Но, заради расцепканоста, сиромашната опременост и застарената технологија, учеството на земјоделието во економскиот раст е околу 1,4%. Околу 30% од вкупната обработлива земја не се обработува и само една петина од површината со иригациона инфраструктура реално се наводнува. Во 2012 година Македонија потрошила 2,1% од БДП на програми за поддршка на земјоделието. Светската банка предлага Владата да размисли за намалување и подобро та р ге т и р а њ е н а с у б в е н ц и и те в о земјоделството. “Македонија спроведува многу дарежлива програма на земјоделски субвенции која што опфаќа околу 90% од целиот буџет за земјоделството. Земјоделските сунбенции во Македонија по хектар се над просекот во ЕУ. Буџетот за земјоделие беше зголемен од 130 милиони евра во 2013 година на 150 милиони евра во 2015 година. Целта на програмата на земјоделски субвенции е да се зголеми конкурентноста, но најголем дел од парите одат за поддршка на приходите, додека само мал дел се инвестираат. Во некои сектори, како на пример кај тутунот, субвенциите покриваат значителен дел од трошоците за производство, што прави дисторзија во инвестициските одлуки. Многу мал дел од субвенциите се користи за поддршка на производи кои имаат голем удел во извозот”, се вели во Извештајот. За да се зголеми ефикасноста на трошењата за субвенции во земјоделието, Светската банка предлага да се намали нивото на субвенции во земјоделието, да се зголеми уделот на субвенции кои ќе бидат насочени кон зголемување на продуктивноста, да се подобри таргетирањето на земјоделските субвенции и наместо да бидат поддршка на приходите, субвенциите да се насочат кон фармерите кои имаат вистинска потреба за субвенции. Во ис то време, нивото на јавното финансирање на развојот на иригацијата и водната инфраструктура е незначително

Е РЕЗУЛТАТИ ВО ЈАВНИОТ СЕКТОР СО ЗНАЧИТЕЛНО ПОМАЛКУ ПАРИ


www.kapital.mk

Капитал број 854 11.03.2016

20

Државно управување

Алармантно предупредување за пензискиот систем

Без реформи, пензискиот систем е неодржлив

М

ногу се конкретни и алармантни предупредувањата што Светска банка ги дава за пензискиот систем. Светската банка предупредува дека Македонија е општество кое брзо старее, и дека заради тоа трошоците за пензии значително ќе се зголемуваат. “И покрај тоа што земјата во изминатите две децении направи неколку успешни реформи на пензискиот систем, тие не се доволни за да се спречи идното зголемување на трошоците поврзани со пензиите. Aко не се направи некоја промена во однос на пензиите, само по основ на зголемените трошења за пензии јавниот долг на Македонија ќе се зголеми за 10 процентни поени до 2019 година”, заклучуваат експертите на Светската банка. Во 2014 година трошоците за пензии биле 9,6% од БДП, што е блиску до трошењата кои ги имаат и други транзициони земји. Но, трошоците за пензии на долг рок значително ќе се зголемуваат. За зголемување на дефицитот во пензискиот фонд придонесе и намалувањето на придоенсите за пензиско од страна на власта. Па така дефицитот во пензискиот фонд се зголеми од 2,9% од БДП во 2009 година на 4,5% од БДП во 2013 година. Заклучокот е дека ако не се направи некоја промена во однос на пензиите, само по основ на зголемените трошења за пензии јавниот долг на Македонија ќе се зголеми за 10 процентни поени до 2019 година. Без дополнителни пензиски реформи, трошоците во македонскиот пензиски систем може да пораснат до 15% од БДП, а дефицитот во пензискиот фонд да се искачи до високи 10,5% од БДП до 2030 година. Се чини дека дека е невозможно

земјата да обезбеди фискална одржливост без дополнителни пензиски реформи, заклучуваат експертите на Светската банка. “Под претпоставка да остане статус кво сценарио со пензиите, фискалниот дефицит значително ќе се зголеми, а јавниот долг на државата ќе достигне 64,6% од БДП до 2019 година.” Трошењата за пензии во Македонија остануваат над трошењата за истата намена во Централна и Југоисточна Европа. Иако македонските пензиски реформи беа добро дизајнирани и успешно спорведени, возрасната граница за пензионирање на мажи е најниска, а границата за пензионирање на жени е втора најниска во Централна и Источна Европа. Намалување на дефицитот во пензискиот систем може да биде

постигнат преку реформи кои ќе ја зголемат возрасната граница за заминување во пензија, ќе ги намалат опциите за превремено пензионирање и преку реформи со кои ќе се намали дарежливоста на пензискиот систем. Доколку параметрите за пензискиот систем не се приспособат на време, македонскиот пензиски систем се соочува со експлозија на дефицитот и пензиските трошоци, што ќе има за последица намалување на парите за други јавни потреби. Според проценките на Обединетите нации и под претпоставка дека нема да има промени во нето миграцијата, уделот на луѓе на возраст над 65 години во вкупната популација ќе се зголеми од 12% во 2010 година на 26% до 2050 година. Тоа ќе ја смести Македонија помеѓу земјите со релативно висок удел на стари луѓе во 2059 година.

Светска банка: Ефиканоста на јавните трошења останува ниска


ДЕКАДА НА ВРВНО ОБРАЗОВАНИЕ! • Престижна МБА програма за развој на вашата кариера • Единствена меѓународна акредитирана програма во Македонија • Професори со сертификат од Харвард бизнис школата

www.uacs.edu.mk ЗА ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ:

Универзитет Американ Колеџ Скопје Трета македонска бригада 60, 1000 Скопје Тел: +389 (0) 2 2463 156

Е-пошта: graduate@uacs.edu.mk Веб страна: www.uacs.edu.mk


www.kapital.mk

Капитал број 854 11.03.2016

22

Државно управување

За да се зголеми ефикасноста на трошењата за субвенции во земјоделието, Светската банка предлага да се намали нивото на субвенции во земјоделието, да се зголеми уделот на субвенции кои ќе бидат насочени кон зголемување на продуктивноста, да се подобри таргетирањето на земјоделските субвенции и наместо да бидат поддршка на приходите, субвенциите да се насочат кон фармерите кои имаат вистинска потреба за субвенции. и тоа во иднина мора да се зголеми и да се гледа како јавно добро од кое корист ќе имаат сите земјоделци. “Земјоделските субвенции се зголемија, но се чини дека тие имаат мал импакт врз инвестициите во земјоделството”, се заклучува во Извештајот.

Трошењата се зголемуваат, транспарентноста се намалува

Еден од заклучоците е дека фискалната екпанзија во изминатите години, која ја

направила власта во изминатите неколку години, резултирала со одредени слабости. Една од стие слабости е управувањето со јавните финансии, кое резултира со поголеми буџетски дефицити од планираните, слаба реализација на буџетот, посебно кај капиталните инвестиции, и послаба буџетска транспарентност. Понатаму се наведува дека од 2009 година владата не ги исполнува поставените фискапни таргети.

НИЕ СМЕ ВРСКАТА СО СИТЕ ДЕЛОВНИ ПОДАТОЦИ КОИ ВИ СЕ ПОТРЕБНИ

#1

ЗА БИЗНИС ИНФОРМАЦИИ

ЗА ПАМЕТНИ ДЕЛОВНИ ОДЛУКИ!

02 / 3117 100 info@targetgroup.mk www.targetgroup.mk

Реализираните приходи во буџетот биле помали во просек за 9,4% годишно, главно заради пониските приходи од ДДВ и увозни царини. Но, намалените приходи не биле проследени со кратење на трошоците, со оглед дека дури 80% од буџетските трошоци се за плати на администрација, социјални трансфери и субвенции, кои не може да бидат ад хок намалени, заради што секоја година се зголемувал планираниот дефицит во буџетот. Иако основните проекции се јавниот долг да се зголемува умерено, Светската банка предупредува дека согласно трошењата кои се планирани со владината програма 2014 - 2018 година, долгот може значително и побрзо да се зголемува до ниво кога ќе биде доведена во прашање неговата одржливост. Затоа е непходно да се постават приоритети и фокусот да се стави кон инвестициски проекти кои ќе имаат висок економски поврат. Од Светската банка посочуваат дека за мала економија како Македонија се многу значајни инвестициите во инфраструктура и поврзувањето со регионот, но дека владата мора да постави приоритети за остварување на сето она што е ставено во оваа програма. А во оваа програма има ставено прилично многу ставки и предизборни ветувања за поголеми плати, пензии, социјална помош, кои веќе почнаа да се реализираат. Според Светската банка, трошоците за патна инфраструктура и трошоците за исплата на пензии ќе имаат најголемо влијание врз зголемувањето на јавниот долг на среден и долг рок. Но, во Извештајот се посочува дека по с ле 20 09 год ина з н ачителн о е з гол емен о учеството на градежништвото во растот на БДП. Особено е нагласено зголеменото инвестирање на државата во административни објекти, за сметка на намалените инвестиции во инфраструктура и нејзино одржување.

Во образованието многу потрошени пари за малку ефекти

Во Извештајот на Светската банка се вели дека Македонија троши околу 4,1% од буџетот на образование, што е највисок износ во целиот регион, а индикаторите за квалитет за образованието се под

регионалниот просек. “Резултатите во образованието се влошени и покрај зголемените расходи. Во 2013 година, расходите на Реп у бл и ка М а ке д о н и ј а з а образование од 4,1% од БДП беа највисоки во регионот, меѓутоа показателите на успешноста во образованието беа под регионалниот просек. Квалитетот на основното и средното образование не е значајно подобрен во изминатите неколку години, мерено според меѓународните те с то в и. Ре зул та т и те о д меѓународното следење на квалитетот на математичкото и природонаучното образование значително се намалија во периодот помеѓу 1999 и 2011 година и се под нивото на другите земји во Европа“, ова е констатација на Светска Банка, нотирана во новиот извештај кој ги анализира политиките на јавните трошења. Според анализата на меѓународната финансиска институција, и покрај тоа што годишно растат инвестициите во образованието – ефектите не се задоволителни. Дел од унивезритетските професори коментираат дека ваквите оценки на Светска банка се очекувани. “Запишувањето во високото образование брзо се зголемува во изминатите неколку години, меѓ у тоа ефикаснос та на системот за високо образование и понатаму е на ниско ниво. Иако не постојат критични податоци за постигнувањата на студентите во учењето, како и вработувањето на дипломираните кадри, сепак анкетата на работодавачите, спроведена од страна на Светска банка во 2010 година, покажува дека работодавачите и понатаму се соочуваат со тешкотии при ангажирањето на работници кои ги поседуваат бараните вештини, особено за новосоздадените работни места во модерните и динамичните фирми“, се вели во Извештајот на Светска банка. Експ ерт ите н а Св е тската банка препорачуваат дека обезбедувањето на обуки на наставниците во основното и средното образование и зголемувањето на бројот на часовите на наставниците во основното образование во согласност со глобалните с тандарди би можело да помогнат во зајакнувањето на квалитетот на основното и средното образование. nnn





18 2016

фарМација

МарТ

специјален прилог

Фармацевтскиот пазар претрпе “потреси“ изминативе години –кој навистина доби, а кој загуби во “борбата“ помеѓу здравствените власти и веледрогериите. Колку навистина е профитабилен бизнисот со лекови и зошто “традиционално“ предизвикува контроверзии околу наводните огромни екстрапрофити што се прават во него? Како светските фармацевтски гиганти продаваат на македонскиот пазар: кои се најпродавани фармацевтски брендови во земјава?

Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

WWW.KAPITAL.MK

анализа специјален прилог

COVER STORY

ТУРБУЛЕНЦИИ НА ЕВРОПСКИОТ

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ ТЕЛЕКОМ ПАЗАР

ФАРМАЦИЈА

И МАКЕДОНИЈА ЗАФАТЕНА ОД БРАНОТ

20 18 МАРТ 2015

МАРТ

2016

ПОЛИТИКА

ШТО ПО ЛИДЕРСКАТА СРЕДБА ВО ПОНЕДЕЛНИК?! АНАЛИЗА

КАПИТАЛ SPECIAL

ТОП 100 ИЗВОЗНИ ПРОИЗВОДИ

СУПЕРМАРКЕТИТЕ ПЛАЌААТ КОГА САКААТ, КОЛКУ САКААТ И КАКО САКААТ

КОЈ ГО ВЛЕЧЕ МАКЕДОНСКИОТ ИЗВОЗ?

КОЈ Е КОЈ НА ПАЗАРОТ ЗА ЛЕКОВИ

ГОЛЕМА ИНВЕСТИЦИЈА НА МАКСТИЛ ОД 22 МИЛИОНИ ЕВРА

ЈОРДАНОВ: МЕТАЛУРШКИТЕ КОМПАНИИ ВО ЦЕЛИОТ СВЕТ ИМААТ ПОСЕБЕН ТРЕТМАН ОД ДРЖАВАТА

БИЛДЕРБЕРГ: КАКВА ИДНИНА КРОИ СВЕТСКАТА ВЛАДА? БРОЈ 817 | ЦЕНА 100 ДЕН. | 26 ЈУНИ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16

WWW.KAPITAL.MK

Во специјалниот прилог за пазарот на лекови во Македонија што ќе излезе на 18-ти март ќе може да прочитате: l Кој е Кој на пазарот за леКоВи: ги рангираме најголемите производители, дистрибутери и синџири на аптеки во македонија l КаКо голеМите сВетсКи фарМацеВтсКи Куќи доаѓаат на МаКедонсКиот пазар: кои се нивните дистрибутери во земјава l КаКВи леКоВи пијат МаКедонсКите граѓани: топ светски брендови или помалку квалитетни алтернативи l КолКу се профитабилни доМашните произВодители и тргоВци со леКоВи и разни додатоци Во исхраната l Веледрогериите го шират бизнисот: продажбата на здрава храна е еден од новите сектори за освојување l од прВа раКа: интервјуа со најголемите играчи на пазарот

Повеќе информации во врска со прилогот и за претставување во истиот можете да добиете на е-мail: marketing@kapital.com.mk l gordana.mihajlovska@kapital.mk или на телефонскиот број ++ 389 2 3298 505

Лицe за контакт:

ГОРДАНА МИХАЈЛОВСКА



www.kapital.mk

Капитал број 854 11.03.2016

36

Бизнис репортажа

600

милиони евра изнесува обртот кој го прават најголемите 100 компании од Северозападна Македонија

33

милиони евра е нивниот нето приход

5.000

лица се вработени во овие топ 100 компании од Северозападна Македонија

Северозападна Македонија Претприемничкиот менталитет го убиваат неликвидноста и бирократијата На почеток мора да се каже дека она што го видовме е над сите очекувања и најави кои ги добивме. Очигледно овие луѓе кои во сите општествено политички системи биле бизнис ориентирани знаат да си ја работат својата работа и има од нив многу да се научи. Но, за жал наша констатација е и дека бизнисот и во Северозападна Македонија се дави во истите проблеми како остатокот од земјава. Се дави во истата кал на неликвидноста, се бори со византиските интриги на бирократијата и ја трпи инфраструктурно енергетската заостанатост која автоматски предизвикува неконкурентност.


www.kapital.mk

Капитал број 854 11.03.2016

37

Р пишува:

Дејан Азески

dejan.azeski@kapital.mk

Регионот на Северозападна Македонија веќе подолго време важи за поле на кое се раѓаат, развиваат и шират низа различни бизниси кои се успешни како на домашниот, така и на странскиот пазар. Поради оваа одамна создадена перцепција во јавноста Капитал реши и теренски да ги провери работите на терен и да посети повеќе фирми од овој регион со цел на нашите литатели да им го доближиме бизнис духот во овој дел од Македонија. На почеток мора да кажеме дека она што го видовме е над сите очекувања и најави кои ги добивме. Очигледно овие луѓе кои во сите општествено политички системи биле бизнис ориентирани знаат да си ја работат својата работа и има од нив многу да се научи.

Но, за жал констатацијата е и дека бизнисот и во Северозападна Македонија се дави во истите проблеми како остатокот од земјава. Се дави во истата кал на неликвидноста, се бори со византиските интриги на бирократијата и ја трпи инфраструктурно енергетската заостанатост која автоматски предизвикува неконкурентност.

Регион во кој иселениците ги инвестираат парите

Првиот телефонски контакт со бизнисот од Северозападна Македонија го остваривме со госпоѓа Гзиме Фејзи сопственик на млекарата „Казефицио Цесарина“ од Беловиште која е една од ретките во целиот регион и Европа која го произведува познатото сирење Моцарела и уште дваесетина различни специфични производи. Кога ја прашавме кога можеме да ја посетиме и дали почнуваат со работа во девет или десет часот претпладне таа едноставно ни одговори дека секое утре после шест часот може да ја најдеме во нивната млекарница во гостиварско Беловиште. Но, ако се знае целата приказна за млекарата на Фејзи од Беловиште оваа бизнис етика и борба за сопствената компанија не е случајна. Според приказната која ни ја раскажаа Гзиме и нејзиниот сопруг Нагиб сето она што го заработиле во Италија во последните 30 години го вложиле во приватниот бизнис во Гостиварско.

„Јас се откажав од државна работа после 13 годишна кариера, а сопругот капиталот стекнат со макотрпна повеќедецениска работа во Италија го инвестираше тука. Сега сме на релација Рим Гостивар но не ни е тешко да го развиваме бизнисот во родниот крај“ Од вкупно десетина компании со кои остваривме контакти во овој регион дури девет се основани и развиени на истиот начин- со инвестирање на средствата од иселеници кои после децении работа во странство се враќаат дома за да живеат работат и најважно од се за да го помогнат родниот крај. Десеттата фирма која ја контактиравме има малку поразлична приказна но повторно нивниот успех е врз база на оваа бизнис етика која преовладува во овој регион. Станува збор за компанијата за огноотпорни материјали Вардар Доломит која е во целосна сопственост на турски капитал и која остварува извоз од 95% од произовдството или која секоја година на Македонија и носи десетина милиони евра девизен прилив. Генералниот директор Абдулаим Ремзи ни ја раскажа целата приказна. „Нашата компанија беше дел од некогашниот гигант „Силика“ и ја доживеа судбината на уште дваесетина загубари во Македонија. Но и во најтешките моменти ние бевме свесни дека нашата пропаст не се должи на лош производ или слабо менаџирање туку на моментално лошата состојба на југословенските пазари.


www.kapital.mk

Капитал број 854 11.03.2016

38

Бизнис репортажа

П

Гзиме Фетаи

сопственичка на “Казефицио Цесарина“ од Беловиште

Ј

ас се откажав од државна работа после 13 годишна кариера, а сопругот капиталот стекнат со макотрпна повеќедецениска работа во Италија го инвестираше тука. Сега сме на релација Рим Гостивар но не ни е тешко да го развиваме бизнисот во родниот крај.

Абдулаи Ремзи

извршен директор на Вардар Доломит

Затоа се концентриравме на две работи изнаоѓање странски пазари надвор од екс ју земјите и изнаоѓање на странски инвеститор кој ќе ни ја даде неопходната стабилност. Во тоа за среќа успеавме и денеска сме нето извозници во САД, Јапонија, Кина и секаде во светот каде што се користат огноотпорни материјали во индустријата“

Големиот бизнис ентузијазам се убива со неликвидноста

Сепак ниту со векови изградената бизнис етика ниту големиот ентузијазам на населението од овој регион не може во целост да се носи со заедничките биз-нис проблеми кои ги тиштат стопанствениците од целата територија на Македонија. Па така сопственикот на млекарата Сентис – Алпи од село Теарце (која полека станува гигант во млечната индустрија) Сервет Ќазими не пречека надвиснат над список со повеќе од стотици компании не -плаќачи кои со своето однесување се закануваат да го уништат неговиот навистина перспективен бизнис. „Состојбата со наплатата добива навистина катастрофални размери. Одма ви кажувам дека законот за финансиска дисциплина воопшто не функционира на терен. Едноставно не постои начин како да ги наплатиме нашите побарувања од кои не ни зависи само развојот туку и опстанокот на нашиот бизнис“ разочарано констатира Ќазими. Тој понатаму ни ја раскажа истата печал-барска приказна како и останатите но од потешката страна. „Децении и децении работев во

окрај тоа што немаме пристаниште и имаме бројни бирократски процедури ,имаме пристап само до скапа струја и мазут и никаков пристап до природен гас. Енергенс кој го имаат сите наши конкуренти. Со тоа тие имаат стартна предност во секоја трка со нас- пречка која ние ја надоместуваме само со перфектно квалитетен производ и ниски цени. Доколку би ги имале само истите услови кои ги имаат и тие нашата успешност на пазарот ќе биде многу многу поголема.

Швајцарија за да го направам овој бизнис во Теарце. И сега фактот дека не можам да си го наплатам сопствениот труд ми ја ништи сета желба и ентузијазам да продолжам понатаму. Единствено можам да се надевам дека нешто ќе се смени друго во моментов не сум моќен да направам“ Констатациите на Ќазими ни ги потврди и познатиот бизнисмен од соседното Требош- Арбен Абдурахмани сопственик на индустријата за јајца и месо Везе Шари и Лехер. Тој во разговорот со нас уште еднаш го отвори проблемот со супермаркетите и нивната бизнис етика на која се жали буквално цела Македонија. „Иако јавноста знае само за неколку случаи на пропаднати супермаркети со големи побарувања јас ви тврдам дека секоја година има по еден таков од кој не можеме да си ги наплатиме побарувањата. Десет години наназад јас секоја година давам поклон по десет, дваесет па и повеќе илјади евра на газдите на пропаднатите супермаркети кои најчесто бегаат во странство. Сега повторно има еден таков случај кој не сакам да го именувам и по втор пат во истата година не спијам мирно што ќе биде со моите пари кои крваво сум ги заработил“ И Ќазими и Абдурахмани решението на ваквата состојба го гледаат во воведување на некаква персонална одговорност кај луѓето кои ги водат бизнисите. „Не може човек што веќе пропаднал пет фирми и заглавил сто добавувачи повторно да отвора шеста и државата да му дозволува да почнува од ново. Па на крај уште да му овозможиме

С Сервет Ќазими

сопственик и генерален директор на Сентис Алпи

остојбата со наплатата добива навистина катастрофални размери. Веднаш ви кажувам дека Законот за финансиска дисциплина воопшто не функционира на терен. Едноставно не постои начин како да ги наплатиме нашите побарувања од кои не ни зависи само развојот, туку и опстанокот на нашиот бизнис.

“Господ да те чува од работа со банка“ стереотип кој полека се менува

Е

дна од спецификите кои важат за бизнисмените од овој регион е дека многу ретко се одлучуваат да соработуваат со финансиските институции. Факт кој според економистите на долги патеки го ограничува нивниот развој. Според Сервет Ќазими од млекарата Сентис најголем дел од бизнисите во овој регион успеале затоа што се развивале врз основа на сопствени средства. „Кај нас важи правилото дека ако дојдеш во ситуација да се задолжуваш одиш по ивица и си многу блиску до крајот. Тоа можеби со времето ќе се смени но ние се уште се водиме по оваа теза и тоа засега не одржува во живот“ Сепак работите навистина се менуваат. Во Везе Шари со години наголемо користат кредити од банките наменети исклучиво за развој. „Нашата биогасна централа ја подржа Шпаркасе банка, а и ПроКредит ни има излезено во пресрет во клучни моменти. Ваквиот начин на работа засега ни обезбеди побрз развој од нашите можности, понатаму ќе видиме“ раскажува Арбен Абдурахмани.

Заклучок: Западна Македонија ја мачат истите проблеми како и Источна



www.kapital.mk

Капитал број 854 11.03.2016

40

Бизнис репортажа

И

ако јавноста знае само за неколку случаи на пропаднати супермаркети со големи побарувања јас ви тврдам дека секоја година има по еден таков од кој не можеме да си ги наплатиме побарувањата. Десет години наназад јас секоја година давам поклон по десет, дваесет па и повеќе илјади евра на газдите на пропаднатите супермаркети Арбен кои најчесто бегаат во странство. Сега Абдурахмани повторно има еден таков случај кој не сопственик на Везе Шари сакам да го именувам и по втор пат во истата година не спијам мирно што ќе биде со моите пари кои крваво сум ги заработил.

да бега во странство и таму да ужива со нашите пари. Секој мора во одредена мерка да одговара и со личниот имот инаку нема услови за бизнис“ е нивниот заеднички став.

Бирократијата и енергенсите не прават неконкурентни

„Кога на странска фирма ќе и кажете дека се уште за производство користите мазут или нафта во услови на вакви берзански цени одма мисли дека сте фирма од претходниот век и воопшто не влегува во соработка со вас“ вака Ремзи од Вардар Доломит го започна делот за пречките со кои се соочуваат фирмите од овој регион. „Покрај тоа што немаме пристаниште и имаме бројни бирократски процедури ,имаме пристап само до скапа струја и мазут и никаков пристап до природен гас. Енергенс кој го имаат сите наши конкуренти. Со тоа тие имаат стартна предност во секоја трка со нас- пречка која ние ја надоместуваме само со перфектно квалитетен производ и ниски цени. Доколку би ги имале само истите услови кои ги имаат и тие нашата успешност на пазарот ќе биде многу многу поголема“ Кој не ја знае географската поста-

М

Фатмир Битиќи

извршен директор на Стопанската комора на Северозападна Македонија

веност на Тетово во однос на соседно Косово на обична мапа може да види дека овој наш град од пазарите во Косово и Албанија го делат само дваесетина километри воздушна линија. Но за жал состојбата на теренот е сосема поинаква. „Иако кај Јажинце постои граничен премин кој е на само 27 километри од Тетово ние нашите производи ги извезуваме преку Табановце кај Скопје. Значи за нашата храна која е природно лесно расиплива да ги помине оние 20 километри до Призрен треба да помине 120 преку Скопје, Урошевац и сите останати под шарпланински места. Тоа е невиден апсурд кој конечно мора да се реши. Доколку преминот кај Јажинце се оспособи за товарен сообраќај и евентуално се пробие тунелот под Шар Планина тогаш Приштина, Тирана и најважно Драч ќе ни дојдат во радиус од 100 километри, а тоа навистина може да го препороди регионот“ велат бизнисмените од Полог. Бизнисмените ни се пожалија уште на корумпирани и непрофесионални службеници, политички притисоци, обиди за изнудување рекет и ред други работи кои не сакаа да ги кажат официјално. nnn

асовното инвестирање во индустријата за градежни материјали е тренд кој бизнисмените повратници го донесле од западноевропските развиени држави. Како и во сите сектори така и во овој европските земји се неколку години пред нас. Па така нашите иселеници го забележале овој тренд на современа високоенергетска градба и процениле дека тоа во иднина ќе се развива и во Македонија и регионот. И навистина, енергетски ефикасните материјали се се побарани на пазарот и оваа индустрија допрва зазема замав.

Најмногу се развива индустријата за градежни материјали

Р

енова, Пофикс, Кнауф Радика... се само дел од низата успешни компании од индустријата за градежни материјали која се повеќе се развива во регионот на Северозападна Македонија. Според познавачите на состојбите ова најмногу се должи на засилената индустријализација на самиот Полошки регион, а најмногу на извозот во соседни Косово и Албанија . Сепак не се малку компаниите кои извезуваат и подалечните и поразвиени западно европски држави. Според Фатмир Битиќи извршен директор на комората на Северозападна Македонија, станува збор за тренд кој бизнисмените повратници го донесле од западноевропските развиени држави. „Како и во сите сектори така и во овој европските земји се неколку години пред нас. Па така нашите иселеници го забележале овој тренд на современа високоенергетска градба и процениле дека тоа во иднина ќе се развива и во Македонија и регионот. И навистина, енергетски ефикасните материјали се се побарани на пазарот и оваа индустрија допрва зазема замав“ смета Битиќи.



Капитал број 854 11.03.2016

42

www.kapital.mk

Свет бизнис и политика

Од самит до самит ублажувањето на бегалската криза е со статус „напредок“

Тешко одржливо е европското решение чиј клуч е во Анкара

Додека се чека следната недела, на новиот ЕУ-самит да му се даде потребната цврстина на договорот со Турција за ублажување на бегалската криза, искуството и анализите покажуваат дека и покрај ставот на Меркел оти „одржливо решение може да се постигне само со Турција“, не може да се смета за реалистичен каков и да е план во кој од официјална Анкара се очекува да го понесе клучниот товар на решавањето на бегалската криза

Оланд: Мора да соработуваме со Анкара... и да


www.kapital.mk

Капитал број 854 11.03.2016

43

На Ципрас најмногу му се брза, да почне да функционира некој план за кризата. „Помош за многу сложената хуманитарна ситуација во Грција ќе биде итно овозможена“, му напиша Туск на Twitter На Меркел нема да и биде лесно да обезбеди од Ердоган доследно да се држи до планот што чека одобрување од ЕУ следната недела Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, е задолжен да шири оптимизам, дека решението е блиску, за враќањето на Шенгенот

З пишува:

Максим Ристески

maksim.risteski@kapital.mk

За да влеат малку оптимизам, лидерите на Европската унија по самитот ЕУ-Турција во Брисел, го поздравија напредокот постигнат во преговорите со Анкара за ублажување на бегалската криза, а просторот за надеж го проширија до следниот самит, што ќе се одржи следната недела, на 17 и 18 март. Дотогаш побараа време за да ги разгледаат и разработат деталите на новите барања на Турција, чиј премиер, Ахмет Давутоглу,

го изненади лидерството на Унијата, побарувајќи дополнителни три милијарди евра помош и воведување безвизен режим за државјаните на Турција во ЕУ, најдоцна до јуни. За возврат, Давутоглу предложи Турција да ги презема сите илегални мигранти кои од нејзината територија/бреговите, стигнуваат до грчките острови. Турскиот премиер даде предлог и ЕУ да прифаќа по еден сириски бегалец од камповите во неговата земја, во замена за секој Сириец кој Турција ќе го прифати од Грција. „Сите ние сме свесни дека сега постигнавме голем напредок“, изјави претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, кој се надева дека мигрантите по самитот сфатиле оти патот за Европа во потрага по подобар живот веќе не постои, туку само опцијата за спасување на животите на луѓето од воените зони. За разлика од него, реалниот моќник во ЕУ, германската канцеларка Ангела Меркел, иако требаше да биде задоволна од ублажувањето на последиците од нејзината политика на „отворени врати“, прилично резервирано го поздрави

начелниот договор со Турција, и ја спушти во реалноста изјавата на Туск. „Ќе биде голем напредок доколку стане реалност“, рече Меркел по самитот. Ова „доколку“ на германската канцеларка, секако се однесува на зависноста на успехот на планот на Брисел од тоа како Турција ќе ги исполнува своите обврски од договорот. А Анкара се покажува како партнер во кој, најблаго кажано, не може да се има многу доверба - Турција дефинитивно не беше исполнителна по претходниот договор со ЕУ, од ноември, според кој требаше да добие три милијарди евра, во замена за намалување на приливот на бегалци. Да не ги споменуваме и заканите, односно злоупотребите на позицијата на Турција во бегалската криза, што во повеќе наврати ги даде претседателот Реџеп Таип Ердоган. Одредени аналитичари (дел од нив од Германскиот институт за меѓународни и безбедносни политики, изложени во извештајот „Турција како партнер на ЕУ во бегалската криза“) не само поради ова, туку земјаќи ги предвид и политичкоисториските традиции на Турција, сметаат дека не може да се смета за реалистичен

да ја следиме состојбата со турските медиуми


www.kapital.mk

Капитал број 854 11.03.2016

44

Свет бизнис и политика

l Поразителните

каков и да е план во кој од оваа земја се очекува да го понесе клучниот товар на решавањето на бегалската криза. Тие го поставуваат прашањето прво како, а потоа и зошто Турција би земала обврски што значат интеграција во нејзиното општество на милиони бегалци. Нив во моментов таму ги има над два милиони, а бројката продолжува да расте. Дури 150.000 илјади деца на имигранти се родиле на турска територија од почетокот на сирискиот конфликт во 2011 година, а 54% од сириските бегалци во Турција се помлади од 18 години. Интеграцијата на бегалците би подразбирала и вработување за нив, а со оглед на тоа што економскиот раст на Турција беше понизок од прогнозираниот во 2015 година, и во 2016 се очекува невработеноста да порасне од 9,9% до 11,6%, на Анкара повеќе би и одговарало да продложи политиката „предавај понатаму“ во однос на бегалците. А расте и негативното расположение на Турците кон бегалците - уште во 2014 година 70% од нив сметаа дека Сиријците се економски товар за државата, а во

фото: Игор Бансколиев

бројки се дека најмалку 34.000 луѓе се заглавени во различни делови на Грција на патот кон север по западнобалканската рута, а барем 13.000 од нив се во Идомени, во нехумани услови. А се очекуваат и нови 100.000 да стигнат до крајот на месецот.

југоисточните делови на државата каде има најмногу бегалци, со истиот процент сметаат дека тие се безбедносен ризик. За успокојување на нацијата Ердоган продолжува да зборува за можноста за брзо враќање на бегалците во Сирија по крајот на конфликтот, иако, на истиот никој не верува дека му се наѕира крајот. Аналитичарите сметаат дека дури и Турција да биде исполнителна во однос на договорот со ЕУ, и да се врши реадмисија на сите економски мигранти кои подоцна таа би ги препраќала кон државите од кои потекнуваат, вистината е дека бројот на оние кои немаат право на азил, односно оние кои нелегално се обидуваат до дојдат до Европа, и за кои има процедури за депоратација, е релативно мал во однос на тие кои остануваат автентични бегалци, дури и по редуцирањето на зоните во Сирија и во Ирак од кои се прифаќаат баратели на азил. Навраќајќи се во историјата, аналитичарите, пак, потенцираат дека во Турција има национален консензус околу миграциската политика, во која главна цел е создавањето што поголема хомогеност на турската нација

- на чуѓе кои зборуваат турски и се сунити. Во контекстот, познати се договорите на Турција со Грција (депортацијата на Грците од Турција и враќање на Турците од Грција во 1923 година), со Романија, со Југославија, со Бугарија. Целта е процентуално да се намалат групите од населението што не се погодни за асимилација, како (во прв ред) Курдите. „Вдомувањето“ на милионите бегалци кои зборуваат арапски, јасно е колку е во спротивност со оваа со децении градена стратегија.

Нема алтернативни решенија за кризата - има само алтернативни рути

Во меѓувреме, додека се чека следниот датум што треба да ги конкретизира напорите да се реши кризата - самитот на ЕУ на 17 и 18 март, актуелни се размислувањата за алтернативни рути низ Европа на бегалците, што треба да ја заменат актуелната балканска рута, во моментов забавена на македонскогрчката граница. Само во Идомени во моментов има околу 15.000 мигранти, а до крајот на месецов во Грција се очекуваат уште 100.000.

Давутоглу: Самитот покажа колку Турција и треба на ЕУ



www.kapital.mk

Капитал број 854 11.03.2016

46

Свет бизнис и политика

Една од алтернативните рути за која пишуваше германски Дер Шпигел, е, како што ја нарекуваат, „босанскохерцеговинската рута“, која би можела да се земе предвид поради ограничувањата што сега постојат на најкористената рута од Грција, преку Македонија, Србија, Хрватска, Словенија, па до Австрија и Германија. „Босанско-херцеговинската рута“, пишува Дер Шпигел, би одела од Албанија, преку Црна Гора и Босна и Херцеговина, за потоа бегалците да дојат до Хрватска, на јадранскиот брег. Весникот смета дека оваа рута би можело да биде неприфатлива за бегалците поради заканите од минските полиња во БиХ. Во анализата на Дер Шпигел се вели дека е можно отворање и на други алтернативни рути, што во меѓувреме веќе би можеле да ги користат и криумчарите на мигранти. Се наведува дека за 2500 евра бегалците и мигрантите во Грција може да се качат на траект или на брод, и така да стигнат до југот на Италија, па оттаму да продолжат кон северна Европа. Друга „морска“ рута што се споменува, а што ја користат

криумчарите е онаа што води од Албанија до Италија. Тука е и „црноморската рута“, која води од Турција во Романија, а потоа во Бугарија. Албанија, стравувајќи дека бегалскиот бран што застана на грчко-македонската граница, може да се прелее кон неа, превентивно ја засили контролата на грничните премини кон Македонија и кон Грција, и се подготвува за можен прием на бегалците. Албанските медиуми пренесоа дека над 450 специјалци се распредени на преминот кај Струга и на четири премини кон Грција. На состанокот со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика, Федерика Могерини, албанскиот премиер Еди Рама, рече дека Албанија нема да ги отвори своите граници, но и оти нема да гради ѕидови. Рама вети дека Албанија е подготвена да си ја заврши „домашната задача“ поврзана со бегалската криза. Официјална Тирана отвори свои три некогашни воени објекти за евентуално прифаќање бегалци. И во Црна Гора се подготвуваат за случај рутата да се пренасочи преку нејзината

територија, потврдија од Владата во Подгорица. „Следиме што прави ЕУ и какви препораки дава, и според тоа и ние преземаме активности“, изјави министерката за труд и социјална политика, Зорица Ковачевиќ, која соопшти и дека Црна Гора се подготвува во случај на евентуална нова рута преку нејзината територија, за обезбедување сместување за бегалците. Земјата во моментов е подготвена да прими 10.000 бегалци, а ако државите од регионот не ги затворат своите граници, дневно би можела да сместува по 2.000 од нив. На самитот во Брисел од 7 март не се исполнија најавите што дојдоа од одредени упатени кругови дека ќе биде затворена балканската рута. Но, дека имало таков план, односно предлог, се виде од информациите од повеќе дипломатски извори, оти германската канцеларка, Ангела Меркел, и претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, не се сложиле во декларацијата на лидерите на ЕУ (по самитот во Брисел) да се најде реченицата „западнобалканската рута е затворена“. ЕУ со евентуалното затворање на западнобалканската рута, и воведување нов пат за бегалците, би можела да се обиде да го ресетира процесот, да не ги повторува грешките врз база на она што го научила на нив. nnn

ГОЛЕМ ПОПУСТ НА КОЗМЕТИКАТА НА АННЕ СЕМОНИН. 20% ПОПУСТ НА СИТЕ ПРОИЗВОДИ НА АННЕ СЕМОНИН. ДОКОЛКУ ИСКОРИСТИТЕ НЕКОЈА УСЛУГА НА СПА ЦЕНТАРОТ (СПА УСЛУГА ИЛИ МАСАЖА), ДОБИВАТЕ 30% ПОПУСТ НА ПРОИЗВОДИТЕ. *понудата трае од 01.03 до 31.03.2016 година.



www.kapital.mk

Капитал број 854 11.03.2016

48

маркетинг

Многу познати компании почнуваат да се вртат кон рекламирање во печатени медиуми. Бидејќи не само што тоа е ефективно, туку поради тоа што клиентите им веруваат на магазините – таму отсекогаш има кредибилни вести и информации. Инвестирањето во реклами преку магазин е најсигурен начин да се зграпчи вниманието на професионалните носители на одлуки, кои ги читаат магазините секогаш кога им се потребни вистински податоци и одговори

ЗОШТО ВО ДИГИТАЛНАТА ЕРА ПЕЧАТЕНИОТ МАРКЕТИНГ Е СЕ УШТЕ МНОГУ ВАЖЕН?

Д

Да се има различна маркетинг стратегија е најдобриот начин за вашата компанија да стигне до вистинската публика во вистинско време - и да ја пренесе пораката која треба да донесе резултат и позитивно влијание. Сепак, со ограничен буџет и погрешна концепцијата дека традиционалните канали на рекламирање не конвенираат веќе во модерното време, многу компании се одлучуваат да го избегнат маркетингот во печатените медиуми, па тие пари ги релоцираат во нешто друго.

Но, реалноста е дека употребата на печатениот маркетинг останува силна дури и денес, во дигиталната ера. Печатот е еден од водечките можности кои им се достапни на брендовите, не само за да ја подобрат продажбата на своите клучни производи и услуги, туку исто и да ја подобрат свесноста за брендот и лојалноста. Во 2014 година, 20 годишно момче лансираше печатен магазин кој излегуваше квартално (на три месеци) во кој ги раскажуваше приказните на нов начин. Тој не е единствен. Airbnb.com лансираше исто така квартален печатен магазин доцна во 2014 година, а популарни ТВ канали како Food Network и HGTV лансираа месечни публикации исто така. Зошто овие добро познати компании почнаа да инвестираат повторно во печатени медиуми? Бидејќи не само што тоа е ефективно, туку поради тоа што клиентите им веруваат на магазините – таму отсекогаш има кредибилни вести и информации. Кредибилитетот доаѓа рака под рака со рекламирањето. Ако сте во B2B индустрија која сака да испрати порака до публиката, инвестирањето во реклами преку магазин е

најсигурен начин да се зграпчи вниманието на професионалните носители на одлуки, кои ги читаат магазините секогаш кога им се потребни вистински податоци и одговори. Ова се шесте предности што ги нуди печатениот маркетинг :

до 1. Достигнува влијателна публика

Според еден светски извештај, печатените магазини водат на листата во споредба со сите други канали кога станува збор за добивање на влијателни читатели. Уште повеќе, дигиталните и печатените магазини ги држат двете највисоки места кај агенциите за маркетинг. Читателите на магазини се лојални кон публикациите. Тие се најчесто претплатници, а не случајни читатели. Тоа значи дека вие ќе се рекламирате пред таргетираната публиката постојано и постојано токму преку нивните омилени магазини.

до клучните 2. Стигнуваат носители на одлуки

Главните носители на одлуки постојано ги пречешлуваат публикациите како Fortune

ФАКТ: Кредибилитетот доаѓа рака под рака со рекламирањето



www.kapital.mk

Капитал број 854 11.03.2016

50

маркетинг

и Bloomberg за да стигнат до информации кои ќе ги советуваат за тоа како да ги водат нивните компании. Тие преку нив се информираат како да ги имплементираат новите закони, или пак малите компании користат многу финансиски совети преку овие магазини. Кога правните фирми или финансиските институции се рекламираат во овие публикации, тие директно им се обраќаат на оние што носат одлуки на кои овие услуги им се потребни. Имајте предвид дека читателите, печатените реклами ги гледаат како информации, а не нешто што им смета при читањето.

рекламирање дава кредибилитет и престиж 3. Ваквото

Печатените медиуми како Time и Fobes циркулираат повеќе од еден век. Многу време пред луѓето да замислат дека ќе има нешто толку револуционерно како интернетот, информациите се поделуваат преку печатените публикации. Во тие преку стотина години, луѓето научија на што може да веруваат и што нуди добри и корисни информации – па таквите публикации затоа се денес се уште на пазарот. Да се види вашата компанија во некој кредибилен и престижен магазин му дава престиж и на вашиот бизнис. На тој начин може да изградите доверба со вашата онлајн публика исто така. Доволно е при дигиталното рекламирање да напишете „како што е објавено и во Time магазинот“ па може да натерате многу дигитални читатели да ви се јават или преку клик да нарачаат нешто од вас, токму поради тоа што токму тој магазин тие го перципираат како влијателен.

ја можноста 4. заИскористете локално таргетирање

Многумина ќе ви го посочат дигиталниот маркетинг како најдобар начин да стигнете до сите читатели и потенцијални клиенти, различни таргет групи и индивидуалци. Секако тоа е точно, но има еден голем проблем: механизмот за блокирање реклами. Затоа, една од најголемите придобивки на магазините е можноста да таргетирате на локално ниво и прилагодување на вашите

продукти и услуги кон географски или други специфики. Плус, читателите секогаш ќе ја видат вашата порака, оти тука не постои блокирање на рекламите.

е антипод 5. Печатот на мултитаскингот

Колку табови имате отворено на вашиот компјутер само во овој момент? Кога луѓето консумираат онлајн медиуми, тие всушност имаат отворено повеќе табови и најчесто се сред работно време или дома. На пример, преку скролање на социјалните медиуми тие може да кликнат на некоја рекламна порака, но нивната интенција е секогаш да се врата назад на социјалната мрежа. Плус, секогаш кога ќе пристигне нова порака или нов мејл, тие ќе ги исклучат табовите за да ги прочитаат пораките. Ако барате публика која може да ја придобиете преку вашите пораки, таа ќе ја најдете преку печатените магазини. Кога луѓето читаат магазини, нема отворено табови кои ќе им го свртат вниманието. Една студија покажува дека на студентите им е полесно да се концентрираат кога читаат печатено, отколку кога гледаат на екран – оти тогаш прават мултитаскинг и не се сконцентрирани на тоа што го читаат.

6. Долго живее пораката

Просечниот живот на дигиталното

рекламирање е само неколку секунди. Тогаш кога читателите ќе ја поминат пораката или ќе кликнат на друга страна, нема шанси да се вратат назад за да ја види пораката повторно. Единствена надеж за тоа е огласувачот да го таргетира тој корисник, но тогаш расте ризикот читателот да се чувствува како да е демнет. Кај печатеното рекламирање од друга страна, читателот може да се врати на рекламата одново и одново. Исто така често се случува читателот да го даде магазинот на друга личност со што и вашата рекламна порака патува понатаму. Според истражувањата, после датата од продажбата на магазинот, читателот го чита или разгледува магазинот и до десет недели потоа. Печатеното огласување носи многу предности како: попосветени читатели, потрајни пораки и ефективно таргетирање – особено кога сакате да стигнете до професионална публика која чита бизнис магазини. Освен овие важни бенефити, печатеното секогаш ќе има повлијателна позиција кај читателите, нешто што дигиталното никогаш нема да може да го достигне. Без разлика колку нова и одлична е технологијата, луѓето секогаш ќе тежнеат кон печатеното – тие имаат поголема доверба во пораките објавени таму. nnn



www.kapital.mk

Капитал број 854 11.03.2016

52

Претприемништво

Рекоа за ... среќата

П

Почнувањето и водењето бизнис може да биде најпредизвикувачката и најстресна работа што некогаш сте ја правеле. Но, во истовреме тоа може да биде работа која целосно ќе ве исполни и ќе ве направи среќни и задоволни. Но, не сите претприемачи се среќни со самите себеси, со нивните бизниси и нивните успеси. Дефиницијата за среќа е целосно субјективна и се разликува од човек до човек, но постојат некои заеднички карактеристики помеѓу оние кои се многу среќни. Од нив може многу да се научи. Еве неколку изјави за тоа што е среќа од неколку успешни претпримачи.

Ако сакате да бидете претприемач, тоа не е работа, тоа е стил на живеење. Тоа ве дефинира. Заборавете на одмори, на одење дома во шест часот попладне.

Niklas Zennstrom шведски претприемач

Се грижиме многу за здравјето на луѓето со цел да им помогнеме да останат здрави и да престанат со пушење. Но, што е најважно да бидат посреќни и попродуктивни.

Кога се чини дека се оди против вас, сетете се дека авионот полетува спроти ветрот, а не во правецот на ветрот.

Larry Page

косопственик на Google

Henry Ford

американски индустријалец

Она што не прави среќни од 9 до 5 попладне во текот на денот дефинитивно не е тоа колку заработуваме. Тоа е дали работата ве исполнува или не.

Ако сакате да бидете среќни, поставете цели кои ќе ги насочуваат вашите мисли, ќе ја ослободат вашата енергија и ќе ви донесат нова надеж.

Andrew Carnegie филантроп

Malcolm Gladwell писател и новинар

Убеден сум дека околу половина од она што ги разликува успешните претприемачи од неуспешните претприемачи е решителноста и упорноста.

Една од големите грешки што ја прават луѓето е што се форсираат да прават и работат нешто. Вие не ја исбирате страста, страста ве избира вас.

Steve Jobs иноватор

Јефф Безос

основач на Amazon

Мора да бидете заљубени во тоа што го правите, бидејќи да се биде претприемач подразбира многу напорна работа и надминување многу тешки околности.

Среќен сум кога сум вклучен во работи кои го менуваат светот.

Ken Field

канадски бизнисмен

Elon Musk

иноватор и бизнисмен


TÜV

®

ИНСТИТУТ КОНЦЕПТ вО СОрабОТКа СО TÜV NORD GROup ОргаНИзИраaТ двОдНЕвНа ОбУКа за:

ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ зА СИСТЕм зА УПРАВУВАњЕ СО кВАлИТЕТ И жИВОТНА СРЕдИНА, СПОРЕд бАРАњАТА НА мЕѓУНАРОдНИТЕ СТАНдАРдИ ISO 9001:2015 И ISO 14001:2015 l 24-25 март (четврток и петок) 2016 година l 09:00-17:00 часот l во просториите на Институт Концепт, Скопје

Целта на обуката е кандидатите, преку предавања, презентации и практични вежби, да стекнат солидно знаење и да се обучат за техниките кои се неопходни за оценување/проверување на усогласеноста на системите за управување на Компанијата според барањата на ISO 9001:2015 и ISO 14001:2015 Стандардите.

УЧЕСНИцИТЕ НА ОбУкАТА ќЕ дОбИјАТ:

l Сертификат од TÜV NORD за успешно положен испит (тестирање на крајот на обуката) за Интерни проверувачи за Систем за управување со квалитет. l Сертификат од Институт КОНЦЕПТ за учество на обуката.

Рок за пРијавување: 22 мАрТ 2016

ПРЕдАВАЧ: Г-дИН СТОјАдИН СТОјАНОВИќ

(Lead auditor) од Скопје, република Македонија, кој има 10 години специјалистичко и практично работно искуство како водечки Оценувач воедно и Предавач за ISO Системите. за повеќе информации посетете ја нашата веб страна: www.koncept.com.mk

КОНТАКТ: м-р Ленче Зикова и м-р Ирена Богоевска l e-mail: institut@koncept.com.mk l 02 3216 962 и 02 3216 963


www.kapital.mk

Капитал број 854 11.03.2016

54

лидери

Бил Гејтс милијардер и филантроп

Успехот е лош Учител

Б

Бил Гејтс е еден од најусешните и најбогатите луѓе на денешницата. Со богатство кое се проценува на 87,4 милијарди долари и тој е најбогат човек во светот. Најголемиот дел од неговото богатство ги направи преку софтверскиот гигант Microsoft, а во 2000 година заедно со неговата сопруга Мелинда основаа Фондација преку која помагаат во искоренувањето на

Прилично е задчудувачка трасформацијата која се случува – од свет во во кој компјутерите беа многу комплексна работа во свет во кој компјутерите се неопходно средство во секојдневниот живот.

Има луѓе кои и денес живеат без тоалет и без вода...Светот не е рамен и во хиерархијата на човечките потреби, компјутерите не се ниту во првите пет.

На одредено ниво, парите немаат употребна вредност. Нивната корисност е градење на организација и доставување на ресурси до најсиромашните во светот.

заразните болести и гладот во целиот свет. Тој денес има моќ да влијае животите на огромен број луѓе низ светот, моќ кој ја немал ниту еден поединец во историјата. Еве некои од неговите изјави за успехот и иновирањето кои најдобро го објаснуваат неговиот патот од компјутерски занесеник, до софтверски гигант, па до најголем активист и филантроп.

Јас и Стив Џобс бевме многу различлни. Но, двајцата бевме одлични во одбирање на луѓе, двајцата бевме хиперенергични и работевме супер напорно.

Сосема е во ред да се слави успехот, но многу е поважно да се научат лекциите од неуспехот.

Вашите најнезадоволни потрошувачи се вајголемиот извор за учење.

Успехот е многу лош учител. Ги заведува паметните луѓе да мислат дека тие не можат да загубат.




Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.