АНАЛИЗА
ПРЕКУ 227 ИЛЈАДИ НЕВРАБОТЕНИ, А ФАБРИКИТЕ НЕ МОЖАТ ДА НАЈДАТ РАБОТНИЦИ
COVER STORY
ЦРВЕНА ЗОНА: ЗА ТРИ ГОДИНИ МАКЕДОНИЈА ЌЕ ДОЛЖИ 6,2 МИЛИЈАРДИ ЕВРА
Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...
БИЗНИС ТРЕНДОВИ 6 СЕКТОРИ КОИ НАЈМНОГУ РАСТАТ
WWW.KAPITAL.MK
ГЕОПОЛИТИЧКИ ИГРИ ОКОЛУ ГАСОТ ЌЕ СЕ ПОВРЗЕ ЛИ МАКЕДОНИЈА НА ТУРСКИ ТЕК, НА ТАП, ИЛИ И НА ДВАТА ЗАЕДНО?
КАПИТАЛ ЕКСКЛУЗИВНО ВО СОФИЈА СО
ВЕСЕЛИН МАРЕШКИ КАНДИДАТ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА БУГАРИЈА
ПОЛИТИЧКИОТ И ЕКОНОМСКИОТ КАРТЕЛ ЈА ЈАДАТ БУГАРИЈА! ОВА МОРА ДА СЕ СМЕНИ! БРОЈ 886 | ЦЕНА 100 ДЕН. 21 ОКТОМВРИ 2016 | ПЕТОК | ГОДИНА 18
ЛУКСУЗНИТЕ ПРОИЗВОДИ НА MONTBLANC ВО СКОПЈЕ
3
Капитал број 886 21.10.2016
СОДРЖИНА
8 04
STAND BY
06
НАВИГАТОР
24 INTERVIEW Капитал ексклузивно
ЉУПЧО ЗИКОВ Допрва почнува... !?
во Софија со ВЕСЕЛИН МАРЕШКИ
кандидат за претседател на Бугарија
ЕЦБ ја утна работата, еврото ќе се распадне како кула од карти!
08 Влегуваме во црвена зона: COVER STORY
16
16
За три години Македонија ќе должи 6,2 милијарди евра
Политичкиот и економскиот картел ја јадат Бугарија! Ова мора да се смени!
30
ЛУЃЕ И КОМПАНИИ
Фалат бравари, ѕидари, стругари... сè од техничките струки Преку 227.000 невработени, а фабриките не можат да најдат потребен кадар
ЦРВЕНА ЛИНИЈА
Владата во следните три години планира да се задолжи за 1,72 милијарди евра а во истиот период треба да врати долгови од 904 милиони евра, покажува најновата Фискална стратегија на Министерството за финансии. Тоа ќе го зголеми јавниот долг на земјата до ниво од 56% од бруто домашниот производ (БДП) што значи дека Македонија во 2019 година ќе должи вкупно 6,2 милијарди евра. Со новите планирани задолжувања јавниот долг ќе се искачи над црвената од 50% од БДП што ја исцртаа меѓународните финансиски институции во своите извештаи. Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) неодамна посочи дека ризиците за задолжувањата се зголемуваат. XX Стр. 8
36
БИЗНИС И ПОЛИТИКА Геополитички игри околу гасот Ќе се поврзе ли Македонија на Турски тек, на ТАП, или и на двата заедно?
КОЛУМНА
ИЛИЈА ДИМОВСКИ
координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во македонското Собрание.
Време е за крај на кризата
НЕМА МАЈСТОРИ НИ ЗА ЛЕК
Невработени во Агенцијата за вработување има колку ти душа сака, но нема квалификувани работници, велат од бизнис секторот. Се жалат дека образованието не создава кадри спремни за работа, а од друга страна само 40% од фирмите анкетирани од Стопанската комора оствариле соработка со средни училишта за да примат на пракса ученици. Згора на сè, домашните компании се жалат и дека странските инвеститори ослободени од придонеси нудат повисоки плати и им ги земаат вработените. Најбарани во моментов се сите технички профили, од ѕидари, електричари, машино – бравари, па сè до програмери, хемиски инженери... XX Стр. 16
40 40
БИЗНИС И ПОЛИТИКА
42 44
БИЗНИС ТРЕНДОВИ
46 48 50
Полска и Унгарија бараат поголема контрола врз компаниите
6 сектори кои најмногу растат
БАЛКАН БИЗНИС
Србија ќе земе кредит од милијарда долари од Абу Даби
ПРЕТПРИЕМНИШТВО Рекоа за... среќата
LIFESTYLE
НАЈНОВИТЕ ЛУКСУЗНИ ПРОИЗВОДИ НА MONTBLANC ВО СКОПЈЕ
ЛИДЕРИ
ФИЛ ЛИБИН
извршен директор на Evernote
ЈУЖЕН ТЕК, ТУРСКИ ТЕК... ВАЖНО ДА ТЕЧЕ
Од кај што беа запрени со Јужен тек, Русите продолжуваат со Турски тек. Во голема мерка поради непринципиелноста на Европа која се спротивстави на Јужен тек, а Германија со Русите „на големо” го развива проектот Северен тек 2, на чие чело од неодамна е поранешниот канцелар Герхард Шредер. Ако се прави преседан со европската регулатива и политика за Северен тек 2, за Германија да биде центар за дистрибуција на рускиот гас на југ, истата формула Русите можат да ја применат за реставрација на Јужен, во Турски тек, гасоводот што преку продолжување од видот на проектот Тесла, може да носи гас и на север, до Унгарија. XX Стр. 30
Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје l Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31 l П. ФАХ 503, 1000 Скопје l Основач и директор: Љупчо Зиков l Одговорен уредник: Биљана Здравковска Стојчевска l Печати: Графички центар Скопје, ул. Скупи бб, 1000 Скопје l Тираж: 3.000 примероци l Датум на печатење: 20.10.2016
A
пишува: ЉУПЧО ЗИКОВ
Допрва почнува... !? Најважно е дали Македонија ќе влезе во процесот на длабоки реформи, и политички, но и финансиски и економски ... Онака како што Рајнхарт Прибе забележа во сите негови точки на длабоката анализа за македонските состојби дадена уште пред две години, веднаш по пукањето на првите “бомби” од страна на опозицијата и нејзиниот лидер Зоран Заев. Затоа, ако нештата се погледаат од агол на содржината на десeтиците страници на Прибе, тогаш има уште многу за “веслање” драги мои. Никаде не стигнала Македонија. Да не се занесуваме дека на 11 декември се ќе заврши ... ljupco.zikov@kapital.mk facebook.com/ljupco.zikov
Ајде еден краток и брз биланс на неделата. Колку што ни дозволува местото и времето, затоа што настаните се редат брзо, па ќе има што да се анализира и коментира во периодот што следи. Топло ви го препорачувам да го прочитате Васил Марешки, кандидат за претседател на Бугарија во претседателските избори кои се во тек во Бугарија. Неодамна го посетив, и чест ми беше да присуствувам на неговата конвенција во НДК во Софија. Како лидер на Народното Ослободување на Бугарија, Марешки, кој важи за еден од поголемите бугарски бизнисмени и инвеститори успеа да убеди голем дел од бугарската јавност и младите луѓе да застанат зад него! Зошто? Затоа што отворено прозборе за политичките и економските картели во земјата. За монополот во носењето на политичките одлуки и кадровските договарања мегу најголемите две партии од власта и опозицијата ГЕРБ на Бојко Борисов и БСП (Бугарската Социјалистичка Пертија) ... Да не ви раскажувам прочитајте го интервјуто со Марешки малку понатаму во овој број на магазинот Капитал. Има што да читате, па поврзете со она што го пишувам во продолжение на овој текст ...
НИЕ И НАШИОТ АЛ!
Така некако, полека, се довлечкавме до избори за кои сите велат дека ќе биле крај на политичката криза во Македонија. Не верувам!? Ако се гледа од агол на тоа дека ќе добиеме нова, политичка влада, тоа е така ... Така гледано кризата навистина ќе заврши. Ќе добиеме нова влада која ќе има на располагање 3,3 милијарди евра буџетски пари. И ќе биде пред дилемата, дали да го држи во текот на 2017 година, што би значело државата ќе влегува во нови кредити, или ќе прави ребаланс уште веднаш во јануари. Под услов Владата да се формира релативно брзо. Но, некои искуства од регионот покажуваат дека владата можеби ќе ја чекаме и неколку месеци, ако се има предвид моменталниот однос на силите на политичка сцена (ништо не е сигурно за сега), политичките групи кои се формираа, и уште се формираат допрва ќе се позиционираат, клиентелизмот и корупцијата остануваат да бидат товар на политичката сцена. Многу договарања ќе има и пред и по изборите. Сепак, доколку изборите бидат признаени од сите политички партии, тогаш за очекување е дека ќе добиеме политичка коалициона влада. Но, Македонија е во една специфична “трудна состојба”! Во оваа земја одамна е опасно владата да биде сама по себе цел. А системот да не мрда од времето кога е формиран како “монструм” во раните деведесетти. На површина, како што видовме и слушнавме излезе голема корупција!? Склоп на врски помеѓу разни интересни групи кои себеси се нарекуваат десни националистички и патриотски и леви граѓански партии. А епилогот после дваесет и пет години е корупција, од која произлегува картелско здружување на партиите, и другите групации кои кај нас претежно се нарекуваат, политичари (Македонци и Албанци), медиуми и медиусмки “берлускониевци”, директори, сопственици од приватизацијата и интелектуалци кои за сите две и пол децении биле на “цицка” кај првите и вторите. Што е евидентно во периодот кој помина зад нас. Затоа во оваа земја, се оди споро, и се има впечаток дека вистинските процеси
STAND BY ниту започнале, а ако започнале, прашање е дали и како ќе завршат. Оттука, најважно е дали Македонија ќе влезе во процесот на длабоки реформи, и политички, но и финансиски и економски ... Онака како што Рајнхарт Прибе забележа во сите негови точки на длабоката анализа за македонските состојби дадена уште пред две години, веднаш по пукањето на првите “бомби” од страна на опозицијата и нејзиниот лидер Зоран Заев. Затоа, ако нештата се погледаат од агол на содржината на дестиците страници на Прибе, тогаш има уште многу за “веслање” драги мои. Никаде не стигнала Македонија. Да не се занесуваме дека на 11 декември се ќе заврши ...
БИЛАНС Но, добро ... Од некаде треба да се почне секако. Оваа влада кажа што имаше да каже во цели десет години. Имаше и реформи, имаше и добри нешта, има странски инвестиции, не да нема, а невработеноста е намалена не од многу работа во Македонија, па да не знаеш за што попрво да се фатиш, туку во голема мерка од принудното исселување на македонските граѓани, што поединечно, што цели семејства. Ќе се види тоа убаво од излезноста на овие избори. Оттука, билансот е речиси очаен ...! Има странски инвестиции, но илјадници македонски домашни фирми се затворија. Несигурноста кај претприемачите и извршните директори е поголема. Се превземаа фирми со сила преку ноќ! На топ 200 најголеми фирми имаме фирми со еден вработен низ кои поминале милиони евра на кои не им се знае ни каде отишле, ни од каде дошле. Работниците од македонските фирми отидоа во странските фирми во зоните каде државата во не докрај разјаснети околности покриваше придонеси и даде сетови даночни ослободувања. Долговите на Македонија пораснаа во голема мерка, а кредитите не отидоа на вистинското место за раст на домашните компании, вработеноста и стандардот на живеење. Отидоа најголем дел во непродуктивни, непотребни проекти за кои ќе исплаќаме ануитети и камати во целата наредна деценија. Политички и регионално, искарани сме со сите соседи што нашата земја ги има. Со сите се расправаме, на сите им докажуваме. Датум за преговори со ЕУ немаме, членството во НАТО од многу аспекти е доведено во прашање.
Од друга страна, пак, парламентарното мнозинство чие делување, според мене, го обележаа, и печат му дадоа, двајца струмичани во ликот на Силвана Бонева (жената со неуморен нагон за возење и патните налози како неизбежна последица на тоа) и Васил Пишев (со видно извртениот среден прст среде Парламентот како израз на “длабоката интелегенција”, но тап поглед во просторот, и “силна политичка мисла и доктрина” на пратеникот од Петрич), како приказ на времето во кое живееме, направи се што умееше и за што беше способно. “Танго и кеш”!? Затоа време е да се каже, доста е. Ајт. Навистина е илузорно е, и премногу е за нормални и здрави сетила, оваа комбинација која сега нас не владее самата да очекува дека поседува минимум социјална и општествена подршка и логика да продолжи после десет единаесет години власт, пак да владее. И ова веќе не е тема за политичко владеење ... Ова е тема за нивото и капацитетот на свеста и совеста на општеството. Но, во ред, на тема изборите и тоа што не чека по нив, ќе имаме прилика уште да пишуваме во неделите и месеците што престојат.
МОЈОТ ЧОВЕК НЕДЕЛАВА Некако најнормален периодов на Балканот се однесува Еди Рама, и со тоа заработи да биде мојот херој на неделата. Да, албанскиот премиер Рама. Отиде среде Белград, се прегрна со српскиот премиер Вучиќ и најави дека дошло времето да се сврти нова страница на Балканот. На ова место пред три години им порачав на македонските домашни душегрижници кои се изнапатија како тоа Србија го изгуби Косово, дека ќе дојде ден кога Албанците од Албанија и Косово ќе бидат најдобрите инвестициски и трговски партнери со Србите. Така било од секогаш. Србија денес не дава пари на Косово, туку зема пари од Косово и на Косово. Не ви е јасно. Читајте малку што се случува. Рама пред неколку дена во Белград рече: Народите во нашите две држави да заборават на минатото и да се свртат кон иднината. И се свртеа. Двајцата премиери најави автопат од Ниш за Приштина (Приштина – Тирана веќе има автопат), со што претстои стратешко економско
поврзување на целиот регион во кој од поодамна цвета претприемаштвото, домашните инвестиции, странските инвестиции и трговијата. Ако кон ова се додаде дека во моментот Србија е при крај со изградбата и на автопатот од Ниш за Софија (а од Софија до Грција веќе има автопат), тогаш драги мои, за очекување е дека со овој мозок што го имаме ние овде по долината на Вардар, во оваа балканска “шлајка”, во иднина за Софија и за Приштина, ние еднооките со големо “М” (како Македонија) ќе одиме преку Ниш!!! Не ви се допаѓа идејата? И мене не ми се допаѓа. Ви се допаѓа, не ви се допаѓа и тој арам ќе го видиме наскоро во иднината ... Затоа, спиј мирно Македонијо, сега ќе бираш пратеници, за два три месеци градоначалници, па, пак, пратеници ... и така наизменично, тажно соочена со својата надалеку позната немоќ. nnn
www.kapital.mk
Капитал број 886 21.10.2016
6
НАВИГАТОР
САМУЕЛ ЖБОГАР
евроамбасадорот
Изборите можат да ја извлечат земјата од политичката криза под услов кампањата да биде фер, изборите да бидат кредибилни и под услов новата влада кога ќе ја преземе функцијата да побара итно, искрено и сеопфатно спроведување на реформските приоритети
Францускиот Амбасадор во Македонија во
Д
елегација од Амбасадата на Франција во Република Македонија, предводена од Н.Е., амбасадорот Кристијан Тимоние, денеска оствари официјална работна посета на фарма-цевтската компанија “Алкалоид“ со цел да се запознаат со резултатите од осумдецениското работење на компанијата, нејзините пласмани и производното портфолио. Во рамки на средбата со менаџерскиот тим, беа презентирани и бројните инвестиции кои „Алкалоид“ континуирано
ги реализира низ годинините, како и извозните активности кои се еден од клучните сегменти од корпоративната политика на компанијата. „Особено сум среќен што Алкалоид успешно соработува со неколку француски фармацевтски компании, но заеднички ќе се обидеме да го зголемиме нивниот број во иднина и да воспоставиме продлабочена соработка во делот на истражувањето, што би било од големо значење за двете земји. Алкалоид е
ЕДЕН ОД ГЛАВНИТЕ КРЕАТОРИ НА ЕВРОПСКАТА МОНЕТАРНА Т
ЕЦБ ЈА УТНА РАБОТАТА, Е РАСПАДНЕ КАКО КУЛА О
П
Проектот за еврото е неодржлив во сегашната форма и еден ден кулата од карти ќе се распадне, вели германскиот професор Отмар Исинг, првиот главен економист на Европската централна банка – ЕЦБ, кога беше формирана во 1998 година и клучна фигура во создавањето на единствената европска валута, односно монетарната унија на ЕУ. Проф. Исинг вели дека еврото било предадено од политиката, и смета дека експериментот тргнал во погрешна насока уште од самиот почеток и оттогаш влегувал од една во друга криза. “Тешко е да се прогнозира колку долго ова може да трае, но не може бескрајно, секако“, рекол Исинг за списанието Central Banking. Исинг смета дека ЕЦБ е на лизгав терен и дека го компромитирала системот до таа мера што може да има фатални последици, со тоа што спасувала банкротирани држави. “Пактот за стабилност и раст помалку или повеќе не успеа. Пазарната дисциплина не е
“Еврото беше предадено од политиката, и експериментот тргна во погрешна насока уште од самиот почеток и оттогаш влегуваше од една во друга криза.“ запазена со интервенциите на ЕЦБ. Па така, нема механизми на фискална контрола од страна на пазарите и политиките. Овие состојби ги имаат сите елементи за да донесат катастрофа за монетарната унија“, смета Исинг.
ЕЦБ “го премина Рубикон“ и сега е во небранета позиција, обидувајќи се да ги балансира конфликтните позиции на банкарски регулатор, член на Тројката која што преговара и спроведува услови со државите должници при нивното
www.kapital.mk
Капитал број 886 21.10.2016
7
о официјална посета на „Алкалоид“ успешна приказна, која покажува дека кога постои знаење, сé се може“, изјави Тимоние. Генералниот директор и Претседател на УО на „Алкалоид“,Живко Мукаетов посочи дека посетата од страна на францускиот амбасадор претставува огромна чест за компанијата, која е подготвена да вложи и дополнителни напори со цел интензивирање на соработката помеѓу двете држави. „Годинава, кога славиме осум децении
истражување, развој, иновации и континуирани вложувања во алкалои-довата визија за поздрав живот, не можам, а да не ги споменам и генерациите Алкалоидовци пред нас, благодарение на чии несебични заложби, денес сме една од најмодерните и најбрзорастечки фармацевтски индустрии во Југоисточна Европа со над 1.600 вработени и пласмани во над 30 земји во светот“, истакна Мукаетов.
лидери
ТВРДИ:
ЕВРОТО ЌЕ СЕ ОД КАРТИ! спасување (покрај Европската комисија и ММФ, н.з.) и агент на монетарната политика. Нејзиниот сопствен финансиски интегритет е сериозно загрозен, смета професорот. Еден од архитектите на еврото го критикува првото спасување на банкротираната Грција во 2010 година и вели дека е само малку повеќе од спасување на германските и француските банки. Исинг смета дека подобро ќе било Грција да се исфрли од еврозоната како лекција за сите останати. На Грците требало да им се понуди великодушна поддршка, но само откако ќе го ресетирале својот девизен курс враќајќи се на драхмата. Жак Делор пак, поранешниот претседател на Европската комисија и “политичкиот татко“ на еврото, има свое видување за целата оваа ситуација. “Ова е суштинско и работата е итна: во некој момент во иднина, Европа ќе биде погодена од нова економска криза. Не знаеме дали тоа ќе се случи за шест недели, шест месеци или шест години. Но, во моменталната поставеност еврото тешко веројатно дека ќе ја преживее следната криза“, вели Делор. Делор се залага за наднационална економска влада на ЕУ и ЕУ буџет, како и оставање залог од страна на должниците. Тој бара експанзивни монетарни политики за да се излезе од “магичниот круг“ и да се спречи втора Изгубена Декада за еврозоната. Проф. Исинг не е германски националист, пишува британски Telegraph. Тој е отворен за идејата за Обединети држави на Европа изградени врз здрави темели,
ЕДИ РАМА
албанскиот премиер ги прати во минатото опасните концепти како „голема Албанија“
МАРИСА МАЕР
“На Грците требаше да им се понуди великодушна поддршка, но само откако ќе го ресетираа својот девизен курс враќајќи се на драхмата“, смета Отмар Исинг, човекот што беше прв главен економист на Европската централна банка и креатор на проектот за еврото. но предупредува на интеграција со сила, или протнување на федерализам на мала врата. “Елементарниот проблем со еврозоната беше што членките како Ирска, Италија или Грција се однесуваа како сè уште да можат да ги девалвираат своите валути. Еднаш штом државата ќе загуби 30% во конкурентноста во рамки на фиксиран девизен курс, речиси е невозможно да се вратите назад во дефлаторни услови какви што имаме денес“, вели Исинг. nnn
профитот на Yahoo се зголеми повеќе од двојно иако компанијата преминува во сопственост на Verizon
не им беше неделата
АБДИЛАЌИМ АДЕМИ
недомаќински се трошеле пари на Министерството за образование додека беше министер, објави ДЗР
ЈОН БО-КЕУН
штетата од повлекувањето на „експлозивниот“ Note 7 ќе го чини Samsung 17 милијарди долари
www.kapital.mk
Капитал број 886 21.10.2016
8 COVER STORY: НОВИ ЗАДОЛЖУВАЊА ЌЕ Г
ВЛЕГУВАМЕ ВО ЦРВЕНА ЗОНА: ЗА ТРИ ГОДИНИ МАКЕДОНИЈА ЌЕ ДОЛЖИ 38,3%
32%
27,2%
2010
6,2 МИЛИЈАРДИ ЕВРА
2011
2012
www.kapital.mk
Капитал број 886 21.10.2016
ГО ЗГОЛЕМАТ ЈАВНИОТ ДОЛГ НА 53,1%
54%
2017*
2018*
56%
ОД9 БДП
49,1% 46,5%
46% 40,3%
2013
ЈАВЕН ДОЛГ КАКО УДЕЛ ВО БДП
2014
2015
2016
2019*
*ПРОЦЕНКИ НА МИНИСТЕРСТВО ЗА ФИНАНСИИ
Владата во следните три години планира да се задолжи за 1,72 милијарди евра а во истиот период треба да врати долгови од 904 милиони евра, покажува најновата Фискална стратегија на Министерството за финансии. Тоа ќе го зголеми јавниот долг на земјата до ниво од 56% од бруто домашниот производ (БДП) што значи дека Македонија во 2019 година ќе должи вкупно 6,2 милијарди евра. Со новите планирани задолжувања јавниот долг ќе се искачи над црвената линија од 50% од БДП што ја исцртаа меѓународните финансиски институции во своите извештаи. Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) неодамна посочи дека ризиците за задолжувањата се зголемуваат. Властите пак во стратегијата, наведуваат дека врз основа на определбата да се зголемуваат капиталните инвестиции, движењето на јавниот долг ќе има умерен раст кој нема да ја загрози одржливоста на јавните финансии. Критично станува по 2020 година кога доспеваат за отплата двете еврообврзници издадени во 2014 и 2015 година.
www.kapital.mk
Капитал број 886 21.10.2016
10
COVER STORY
пишува:
Александар Јанев
В
aleksandar.janev@kapital.mk
Владата во следните три години планира да се задолжи за 1,72 милијарди евра а во истиот период треба да врати долгови од 904 милиони евра, покажува најновата Фискална стратегија на Министерството за финансии. Нето задолжувањето во овој период од 2017 до 2019 година, за финансирање на буџетскиот дефицит, ќе достигне над 820 милиони долари и тоа ќе го зголеми јавниот долг на земјата до ниво од 56% од бруто домашниот производ (БДП). Во апсолутен износ, Македонија во 2019 година ќе должи вкупно 6,2 милијарди евра. Според планот, до 2019 година властите планираат околу 900 милиони евра да позајмат од домашните банки, а останатиот дел на меѓународниот пазар на капитал. Со новите планирани задолжувања јавниот долг ќе се искачи над црвената линија од 50% од БДП што ја исцртаа меѓународните финансиски институции во своите извештаи. Меѓународниот
монетарен фонд (ММФ) неодамна посочи дека ризиците за задолжувањата се зголемуваат. „Високите потреби за фискално финансирање, зголемувањето на трошоците за позајмување и последното намалување на рејтингот на државата од страна на Агенцијата Фич ги зголеми фискалните ризици во блиска иднина“, предупредија економистите на ММФ. Од ММФ посочија дека брзиот пораст на јавниот долг се должи најмногу на зголемувањето на примарните дефицити кои, пак, се одраз на комбинација од ниски даночни стапки и ниската ефикасност на наплатата на приходната страна, и неефикасноста на социјалната потрошувачка, трансферите и субвенциите на страната на трошоците. „На среден рок, доколку не се преземат соодветни мерки, севкупниот фискален дефицит се проектира да остане на ниво од околу 3,5% од БДП при што јавниот долг би достигнал 55% од БДП“, пишува во извештајот на ММФ. Властите пак во стратегијата, наведуваат дека врз основа на определбата да се зголемуваат капиталните инвестиции, движењето на јавниот долг ќе има умерен раст кој нема да ја загрози одржливоста на јавните финансии. Според нив, проекциите покажуваат дека обврските за отплата на надворешниот и внатрешниот државен долг се зголемуваат по 2019 година. „Особен предизвик за ефикасно управување со ризикот од рефинансирање се очекува во 2020 и 2021 година, кога редовно ќе достасаат еврообврзниците
издадени во 2014 и 2015 година. Фискалната политика e потребно да дава насока за дa може јавниот долг економично да се финансира, притоа земајќи ја предвид неизвесноста во економското опкружување“, пишува во стратегијата. Светска банка анализирајќи ги зголемените задолжувања годинава исто така посочи дека наместо планираната консолидација, властите продолжуваат со фискална експанзија. „Имаме минимално зголемување на буџетските приходи, но од друга страна имаме експанзија на буџетските расходи што доведува до зголемување на буџетскиот дефицит. Веќе петта година како е најавена фискална консолидација, но таа не се остварува. Во однос на структурата на трошењата таа останува релативно неповолна во однос на растот со оглед дека најголемиот дел од трошењата се наменети за плати, пензии, социјални давачки и субвенции“, изјави Бојан Шимов економист во Светска банка. Токму начинот на трошењето на позајмените пари ги загрижува меѓународните финансиски институции. „Ние сме застапници на тоа кога една мала економија се задолжува тогаш овие средства што е можно попродуктивно да ги инвестира. Нема ништо лошо во задолжувањето, но важно е како ќе се користат овие средства“, изјави неодамна Марко Мантованели, директор на канцеларијата на Светска банка во Македонија. Од институтот Finance Think посочуваат дека во стратегијата нема доволно аргументи околу лимитот за задолжување, што
www.kapital.mk
Капитал број 886 21.10.2016
12
COVER STORY: НОВИ ЗАДОЛЖУВАЊА ЌЕ ГО ЗГОЛЕМАТ
создава перцепција дека постои простор уште да се позајмуваат пари. „Поистоветувањето на одржливото ниво на јавниот долг со Мастришкиот критериум од 60% од БДП, без истото да се аргументира во контекст на локалните карактеристики и намената на веќе генерираниот долг, се чини недоволно аргументирано и непоткрепено со податоци. Спротивно на тоа, ваквото дефинирање на лимитот на јавното задолжување може да создаде перцепција дека постои понатамошен простор за задолжување, што може да биде штетно, доколку таквото задолжување не е строго наменско и во приоритетни продуктивни цели“, посочуваат од Finance Think. Според податоците од стратегијата во следните три години е планирано постепено намалување на дефицитот, кој од 2017 година од 3% од БДП во 2019 година треба да се сведе на 2,2% од БДП. Дел од економистите сметаат дека намалувањето е разумно, но се скептични колку проекции ќе се почитуваат.
Како ќе се трошат парите до 2019 година?
Инфрастуктурните проекти и исплатата на пензиите и социјалните надоместоци ќе биде во фокусот на планирањето на буџетите и за следните три години. Според најновата Фискална стратегија за 2017-2019, во наредниот среднорочен период расходите односно трошењата од буџетите ќе бидат насочени кон две компоненти, поддршка на растот на економијата преку инвестирање инфраструктурни проекти и социјална компонента односно одржување на социјалната стабилност и подобрување на животниот стандард на населението. Во Стратегијата пишува и дека „ќе продолжи спроведувањето на дисциплинирана буџетска потрошувачка со нагласен акцент на рестриктивност и ригорозна контрола на помалку продуктивните трошоци, за сметка на зголемување на инвестициските вложувања во капитални проекти“. Стратегијата открива дека властите планираат во изградба на капитални објекти да инвестираат 1,4 милијарди евра, што е речиси исто колку и сумата за плати на јавната администрација од Буџетот од 1,3 милијарди евра за три години. Во делот на патната инфраструктура
ЕКОНОМСКИОТ РАСТ НАЈМНОГУ ДО 4% ДО 2019 ГОДИНА
С
поред Фискалната стратегија, реалниот раст на БДП во 2017 година се очекува да изнесува 3%, во 2018 година 3,5%, а во 2019 година 4%. Извозот на стоки и услуги се предвидува да биде значаен двигател на економскиот раст во овој среднорочен период. При тоа се посочува дека разрешувањето на политичката криза во земјата ќе има позитивно влијание врз очекувањата и довербата на економските субјекти на среден рок и ќе се одрази преку зголемен раст на инвестициите, а ќе значи и позитивен сигнал за потенцијалните странски инвеститори. Повисоките стапки на економски раст над 6% или 7% што и се потребни на земја во развој како Македонија и кои што ги ветуваа властите, и понатаму остануваат само желби.
според стратегијата планирано е да се реализира изградбата на автопатската делница Демир Капија – Смоквица од автопатот на Коридорот X. Истовремено преку Јавното претпријатие за државни патишта е предвидена рехабилитција на патни правци, со заеми од Светска банка. Во железничката инфраструктура во 2017 година е планирано да заврши имплементацијата на Проектот за подобрување на железничката пруга
Коридор X, финансиран со заем од ЕБОР. Годинава според стратегијата треба да заврши изградбата на трасата од националниот гасоводен систем КлечовцеШтип. „Изградбата на останатите правци од националниот гасоводен систем Штип –Неготино- Битола и Скопје-ТетовоГостивар се финансира со заем од Дојче банка и Ерсте груп банка. Активностите на делницата Штип–Неготино-Битола се
www.kapital.mk
Капитал број 886 21.10.2016
13
ЈАВНИОТ ДОЛГ НА 56% започнати во 2016 година, а на останатите делници се очекува да започнат во 2017 година“, се посочува во Фискалната стартегија. „Зголемувањето на учеството на капиталните во вкупните расходи од сегашното ниво 11,3% на 13,7% во 2019 година подразбира зајакнување на развојната компонента на буџетот. Сепак, во претставувањето на капиталните расходи недостасува дискусија за приоретизацијата, односно зошто се претпоставува дека предвидените капитални трошења ќе имаат најголем ефект врз растот и животниот стандард“, оценуваат аналитичарите од Finance Think. Според стратегијата предвидено е обезбедување значителни износи за исплата на субвенции во земјоделството, подобрување на квалитетот на високото образование, подобрување на стручното образование, социјалниот и здравствениот систем, заштитата на животната средина и правосудството. „Од тековните трошења, во делот на расходите за плати и надоместоци, продолжува на стриктна та контрола на новите вработувања. Навремена исплата на пензиските примања и социјалните надоместоци, со цел
обезбедување подобра материјална состојба на корисниците на овие права“, пишува во Стратегијата, меѓутоа не е спомената состојбата на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, иако неодамна Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд, алармираа дека државниот пензиски фонд е неодржлив на среден и на долг рок. Овие две меѓународни институции препорачаа да се преземат сериозни мерки за спас на пензискиот фонд, но сепак во стратегијата освен за зголемувањето на пензиите, нема образложение за одржливоста на пензискиот систем. „Во делот на буџетските приходи, основната претпоставка за отсуство на промени во даночните стапки и даночната политика може да е амбициозна, со оглед дека моменталната поставеност (на системот за социјални придонеси) не придонесува за санација и консолидација на големиот дефицит во пензискиот фонд. Неадресирањето на овој горлив проблем на среден рок може да доведе до потребата од кратење на пензиските расходи или потреба од други, поболни реформи во пензискиот систем“, велат од Finance Think. ММФ исто така даде препораки како да се направи фискална консолидација што
ќе доведе до пониски буџетски дефицит без да се загрози квалитетот на јавната потрошувачка. На приходната страна, тоа повлекува зголемување на наплатата преку зајакнување на покриеноста, таргетирањето на ризиците за усогласеност, подобрување на работата на Канцеларијата на големи даночни обврзници и воспоставување на Оддел за управување со ризици. На страната на трошоците, намалувањето на субвенциите и трансферите заедно со поголемата ефикасност во трошењето за здравството и образованието би ги дале потребните заштеди“, оценија од ММФ.
Колку ќе се собира и троши во следните три години?
Според среднорочната стратегија, во наредните три години е предвидено да растат приходите, но и расходите. Вкупните приходи од 3,24 милјарди евра во 2017 година, во 2019 година се позиционирани на над 3,5 милјарди евра. Расходите пак, се планира до 2019 година да изнесуваат над 3,78 милјарди евра. При тоа според проекциите предвидено е намалување на дефицитот, кој од 376 милиони годинава,
www.kapital.mk
Капитал број 886 21.10.2016
14 во 2019 година е позициониран на 245,5 милиони евра. „Определбата за етапна консолидација на јавните финансии ќе биде акцентирана во наредниот среднорочен период, при што е предвидено значително намалување на буџетскиот дефицит под Мастришкиот критериум од 3% од БДП. Во периодот 2017-2019 година предвидено е етапно намалување на буџетскиот дефицит и тоа 2017 година 3% од БДП, 2018 година 2,6% од БДП и 2019 година 2,2% од БДП“.
nnn
ЗАДОЛЖУВАЊА ОД 2,3 МИЛИЈАРДИ ЕВРА ЗА ЕКОНОМСКИ РАСТ ОД 2,3%
В
о последните пет години, од крајот на 2010 година до средината годинава, јавниот долг се зголемил за 2,34 милијарди евра, од 1,93 милијарди на 4,27 милијарди евра, или во релативна вредност од 27,2% од БДП на 45,3% според податоците на Министерството за финансии. Во истиот период, кога властите го зголемија долгот на државата за нови 2,34 милијарди евра, економскиот ефект изразен преку пораст на БДП е просечна стапка на раст од само 2,3%.
Овие податоци ја отвораат дилемата колку е одржлив долгот на Македонија. Според економистите, за одржлив се смета долг чија камата е пониска отколку стапката на економски раст на една земја. Во нашиот случај, според последните достапни податоци, просечната камата на долгот е 3,3%, и за еден процентен поен повисока, отколку просечниот економски раст во последните пет години. Со други зборови, капацитетот на економијата да го отплаќа овој долг расте со побавно темпо отколку самиот долг.
РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ: 15 НОЕМВРИ 2016
ПРЕКУ ПРИКАЗНАТА НА НАЈДОБРИОТ ЕВРОПСКИ ФЕСТИВАЛ “EXIT” НАУЧЕТЕ ЗА МОЌТА НА ДИГИТАЛНИОТ МАРКЕТИНГ! l 17 ноември 2016 (четврток) l 09:00-16:00 часот l Институт Концепт, Скопје Како Exit фестивалот стана еден од најпосетуваните фестивали? Како успеа да собере публика од повеќе од 60 земји? Зошто е еден од најнаградуваните фестивали? Какви тимови работат? Какви кампањи спроведуваат? Со какви буџети за рекламирање располагаат? Зошто дигитален маркетинг наспроти класичниот маркетинг? Како Exit фестивалот успеа да стане толку многу популарен, а притоа потпирајки се воглавно на онлајн маркетингот, нивното искуство ќе го пренесат двајца врвни менаџери за дигитален маркетинг, кои долги
години многу успешно ја креираат интерационалната кампања на овој фестивал, Мартина Анџелкович, одговорна за онлајн рекламирање на Exit фестивал и Игор Видович, дигитален маркетинг менаџер на Exit фестивал. На еднодневното предавање учесниците ќе се запознаат со начинот на кој Exit фестивалот успешно креираат Facebook и Instagram кампањи, промовираат содржина на Google, особено преку примена на Adwords, Search и Display, и промовираат содржина на Youtube, преку реклами и видеа, што ги прави водечки пример во регионот и пошироко.
За повеќе информации посетете ја нашата веб страна: www.koncept.com.mk
КОНТАКТ: м-р Ленче Зикова и м-р Ирена Богоевска l e-mail: institut@koncept.com.mk l 02 3128 526 l 070 272 207
Elegance is an attitude Simon Baker
The Longines Master Collection
www.kapital.mk
Капитал број 886 21.10.2016
16
ЛУЃЕ И КОМПАНИИ
ФАЛАТ БРАВАРИ, ЅИДАРИ, СТРУГАРИ... СÈ ОД ТЕХНИЧКИТЕ СТРУКИ
ПРЕКУ 227.000 НЕВРАБОТЕНИ, А ФАБРИКИТЕ НЕ НАЈДАТ ПОТРЕБЕ
Невработени во Агенцијата за вработување има колку ти душа сака, но нема квалификувани работници, велат од бизнис секторот. Се жалат дека
образованието не создава кадри спремни за работа, а од друга страна само 40% од фирмите анкетирани од Стопанската комора оствариле соработка со
www.kapital.mk
Капитал број 886 21.10.2016
17
БРОЈКИ
2.300
слободни работни места има во преработувачка индустрија и градежништво во Македонија во моментов
960
ракувачи и составувачи на машини и постројки се бараат на пазарот во моментов
900
техничари и сродни занимања се бараат на пазарот во моментов
Е МОЖАТ ДА ЕН КАДАР средни училишта за да примат на пракса ученици. Згора на сè, домашните компании се жалат и дека странските инвеститори ослободени од придонеси нудат повисоки плати и им ги земаат вработените.
З пишува:
Игор Петровски
igor.petrovski@kapital.mk
За потребите на текстов ќе ја именуваме Наташа. Иако се вика поинаку, но нè замоли да ја сочуваме нејзината анонимност, и покрај тоа што не и го споменуваме презимето. Нејзините изјави не беа во негативен контекст за работодавецот, како што би било вообичаено за овој бизнис сектор до пред некое време... но, како што вели, таа сепак е само обична работничка во една конфекција на истокот од Македонија, како илјадници слични на неа. “До пред неколку години во текстилната индустрија платите беа навистина мизерни, не дека и денес нема луѓе што работат за 7- 8.000 денари и повеќе од 10 часа на ден, но тоа се сега поретки случаи. Зголемената конкуренција предизвикана и со доаѓањето на странските инвестиции, како и одливот на млади луѓе од Македонија ги натераа работодавците да ги покачат платите и генерално да ги подобрат условите за работа. Сега сè потешко се наоѓаат работници “, вели Наташа. За себе вели дека стигнува и до 20.000 денари плата месечно, затоа што има поголемо искуство и веќе и доверуваат поодговорни задачи во конфекцијата. “Пониска плата од 12.000 речиси и да нема во конфекцијата кај што работам јас“, вели таа. Порастот на платите во текстилниот сектор го потврдува и официјалната статистика: во делот производство на облека се забележува пораст на просечната нето плата во период од пет години, за 20%, односно од 10.332 денари за периодот јануари – јули 2011 на 12.412 денари за истиот период годинава. Во делот пак на производство
www.kapital.mk
Капитал број 886 21.10.2016
18
ЛУЃЕ И КОМПАНИИ
ГЛИГОР ЦВЕТАНОВ кондиторска фабрика Макпрогрес
Г
олем проблем со кој се соочуваме последниве години е недостигот на работна сила, што се должи на сè поголемо иселување кон
европските држави на младо работоспособно население од државата, посебно од малите места како што е Виница каде што ние опстојуваме. Во последниве години како компанија работиме доста на тоа освен солидни и редовни примања да обезбедиме и подобри услови и поголем квалитет на живот на вработените како би биле позадоволни.
на текстилни ткаенини, просечната нето плата во јули годинава била 15.320 денари, што е за 59% повеќе во однос од пред пет години, кога изнесувала 9.581 денар. И двете дејности статистиката ги анализира во рамки на преработувачката индустрија, но во производство на текстил има далеку помал број на вработени (околу 5.000 наспроти 30.000 во производството на облека, според последните расположливи податоци на државната статистика, за крајот на 2014 година), иако нивниот број во 2014 пораснал за дури 80% во однос на 2013. Истовремено, бројот на вработени во производството на облека останал речиси ист во истиот период. Во Заводот за статистика не сакаа да откријат на што конкретно се должи високиот пораст на вработувањата во производството на текстил, односно кои компании вработиле 2.500 луѓе за една година. Според наши сознанија, дејноста производство на текстил опфаќа неколку странски инвестиции отворени последниве години во Македонија, кои што понудија и повисоки плати со цел да ги привлечат работниците од оваа индустрија, традиционално позната по својата трудоинтензивност и ниските плати.
“Странските инвеститори се нелојална конкуренција!“
Ангел Димитров, претседател на Организацијата на работодавачи, кој што и самиот доаѓа од текстилната индустрија (сопственик на конфекцијата Мода од Свети Николе, н.з.) неодамна изјави дека фабриките отворени од странските инвеститори во слободните
што работеле кај нас и по 20-тина години, во кои што сме вложиле многу, преку ноќ ни ги земаат АНГЕЛ странците ДИМИТРОВ за повисока Организација на плата. Тие работодавачи може да понудат абриките повеќе отворени бидејќи се од странските субвенциоинвеститори нирани, не во слободните плаќаат економски и придонеси технолошки и сл., а зони се разликата нелојална помеѓу конкуренција бруто и нето за домашните плата сите производители. ја знаеме. Вработени
Ф
економски и технолошки зони се нелојална конкуренција за домашните производители. “Вработени што работеле кај нас и по 20-тина години, во кои што сме вложиле многу, преку ноќ ни ги земаат странците за повисока плата. Тие може да понудат
струки да добиваат поголеми плати и останати привилегии со цел да бидат задржани кај постојниот работодавец. Она што ДАРКО радува како ВЕЛКОВ тренд е што Вработување.ком компаниите сè повеќе го сфаќаат значењето на екоја менаџментот земја во со човечки одредена фаза од развој ресурси и веќе речиси секоја доаѓа до компанија проблем со штом стигне недостиг на квалификувана до 50-тина работна сила. вработени, Пазарот си го формира прави своето, посебен оддел за оваа и нормално е дефицитарните намена.
С
повеќе бидејќи се субвенционирани, не плаќаат придонеси и сл., а разликата помеѓу бруто и нето плата сите ја знаеме. Ние не можеме тоа да го спречиме, се разбира, уставно право на секој е да работи кај што ќе му понудат подобри услови, но ако странците користат
ЦЕЛА ЕВРОПА ИМА ДЕФИЦИТ НА ЦЕЛА ЕВРОПА ИМА ДЕФИЦИТ НА КВАЛИФИКУВАНА РАБОТНА СИЛА КВАЛИФИКУВАНА РАБОТНА СИЛА
ЕМИГРАЦИЈАТА ЈА НАМАЛУВА КОНКУРЕНТНОСТА НА ЕКОНОМИИТЕ ВО РАЗВОЈ
В
о периодот од 1990 до 2012 година над 20 милиони луѓе емигрирале земјите на Источна, Централна и Југоисточна Европа. Најголем дел од нив биле млади и високо едуцирани и обучени луѓе кои заминале во западноевропските земји членки на ЕУ барајќи подобра работа, покажува извештајот на ММФ кој ги анализира сите економски ефекти кои емиграцијата ги предизвикува. Најголеми губитници се земјите кои ја губат најдобро обучената и едуцирана работна сила, која, пак, придонесува за зголемување на економскиот раст и приходите во земјите на Западна Европа, кои што исто така имаат недостиг на работна сила заради негативните демографски трендови кај нив. Емиграцијата исто така ја намалува и конкурентноста на економијата. Прво, намалувањето на работната сила создава притисок за зголемување на домашните плати, бидејќи олеснетите услови за работа во странство ја зголемуваат моќта за преговарање на оние работници кои остануваат. Во исто време, замената на обучените работници кои се отселиле оди многу бавно и создава поголеми трошоци за економијата, што ја намалува нејзината конкурентност. Анализите на ММФ покажуваат дека продуктивноста во регионот на Источна, Централна и Југоисточна би била шест процентни поени повисока од онаа во периодот од 1995 до 2012 година, ако не била емиграцијата. Овие ефекти се многу поизразени во Југоисточна Европа. Исто така, да не била емиграцијата економскиот раст на земјите од овие региони бил за седум процентни поени повисок во истиот период.
www.kapital.mk
Капитал број 886 21.10.2016
20
ЛУЃЕ И КОМПАНИИ
привилегии, тогаш би требало да вработуваат луѓе пријавени во Агенцијата за вработување како невработени, да вложат во нивната едукација, а не нам да ни ги земаат искусните работници.“, рече Димитров на прес конференцијата за состојбите во текстилната индустрија одржана во Стопанската комора на Македонија пред неколку денови. Тој истакна дека со овој проблем се соочуваат сите индустриски гранки, не само текстилната и побара да се изедначат условите за вработување. “Државниот проект ‘ Македонија вработува’ на пример, пропишува дека за да компанија вработи младо лице до 35 години возраст и три години да не плаќа придонеси, условот е кандидатот да е најмалку 3 месеци невработен, а новиот работодавец да не
намали број на вработени. За да вработи пак, лице на возраст од 35 – 50 години, треба во изминатите 15 години, 10 години да има статус невработен. Зошто овие услови да важат за домашните, а не и за странските компании? “, прашува Димитров.
Програмерите “најжешка роба“
Проблемот на недостиг на квалификувани работници го истакнаа и од Агенцијата за вработување, од каде што деновиве директорот Влатко Поповски даде изјава за медиумите дека сите инвеститори, и странски и домашни, бараат најмногу технички кадри. “Барани се речиси сите технички струки и профили – текстил, машинство, браварија, градежништво, значи оние занаетски професии што речиси како да исчезнаа низ годините на транзиција.
НИЕ СМЕ ВРСКАТА СО СИТЕ ДЕЛОВНИ ПОДАТОЦИ КОИ ВИ СЕ ПОТРЕБНИ
Барани се кадри од најниски до највисоки нивоа на квалификација, од мајстори ѕидари, електричари и сл., до дипломирани инженери по машинство, електротехника, хемија, компјутерско програмирање...“, изјави Поповски. Конкретно програмерите, се веројатно профилите што најмногу профитираат од побарувачката за нивната експертиза на светско ниво, па и во Македонија, ИТ компаниите даваат високи плати за овие кадри. Според Државниот завод за статистика, за пет години просечната нето плата во дејноста Компјутерско програмирање пораснала за 70%, на 48.264 денари, колку што изнесувала во јули годинава. Тоа е и највисоката исплатена просечна нето плата во Македонија, за околу 1.000 денари повисока од онаа во дејноста Воздухопловен транспорт со 47.020 ден. Следат Производство на фармацевтски производи со 42.020 ден., Телекомуникации со 41.491 ден., Финансиско - услужни дејности (освен осигурување) со 40.293 денари, итн. Од софтверските фирми велат дека платите на искусен програмер, особено е ако е лидер на проект за странски или домашен клиент, знаат да стигнат и до 2 – 2.500 евра.
“Фирмите научија што се човечки ресурси“
#1
ЗА БИЗНИС ИНФОРМАЦИИ
ЗА ПАМЕТНИ ДЕЛОВНИ ОДЛУКИ!
02 / 3117 100 info@targetgroup.mk www.targetgroup.mk
Дарко Велков, сопственик на агенцијата за посредување при вработување “Vrabotvanje.com“ вели дека пазарот си го прави своето, и нормално е дефицитарните струки да добиваат поголеми плати и останати привилегии со цел да бидат задржани кај постојниот работодавец. “Она што радува како тренд е што компаниите сè повеќе го сфаќаат значењето на менаџментот со човечки ресурси и веќе речиси секоја компанија штом стигне до 50-тина вработени, формира посебен оддел за оваа намена. Работодавците сфаќаат дека изјавата од типот ‘вработените се нашиот највреден капитал’ не е само обична флоскула и вложуваат сè повеќе во зголемување на нивните компетенции и знаење. Исто така сфаќаат
С
амо 9% од компаниите вработиле до шест ученици кои биле кај нив на практична работа, покажува анкетата на Стопанска комора на тема „Соработка меѓу јавниот и приватниот сектор со цел креирање јавно – приватни партнерства за обезбедување висококвалитетно стручно образование и обука“. Истата анкета покажува дека само 40% од компаниите оствариле соработка со средните стручни училишта и го прифаќаат дуалниот систем на образование кој предвидува учење преку работа, односно практична работа за средношколците. „Кај компаниите постои првичен интерес да се вклучат во процесот
дека висината на платата не е најбитниот фактор за задржување на квалитетните кадри, туку и создавањето атмосфера каде што се цени нивниот придонес за растот на компанијата, како и вложувањето во развој на нивниот индивидуален капацитет“, вели Велков. Според него, дефицитот со кадри не е толку изразен во делот на инженерските кадри, кои што “засега ги има доволно, туку поголем проблем се работните позиции со пониски квалификации“. “На фабриките не им требаат толку многу инженери, колку што им требаат општи работници. Странските инвеститори доаѓаат со најави дека ќе вработуваат и по неколку илјади луѓе, а тоа се претежно ниско квалификувани или работници со средно образование. Точно е дека платите што ги даваат компаниите за овие позиции се прилично ниски, но луѓето мора да сфатат дека за да стигнат до позиција на супервизор во производство и сл., и да имаат повисока плата, мора да почнат од некаде, да се вложуваат максимално за да напредуваат“, вели Велков.
nnn
www.kapital.mk
Капитал број 886 21.10.2016
21 на дуално образование, но многу од нив не се упатени што тоа всушност претставува. Тие трошат пари за дообука на нестручен кадар, наместо да го обучат уште додека е во образовниот процес “, вели Софче Јовановска, советник во Стопанската комора која презентираше дел од анкетата. Дуалното образование, вели таа, директно придонесува за поголема конкурентност на претпријатијата и за намалување на невработеноста, како и за одливот на стручниот кадар. „Помалку од десет отсто е невработеноста во земјите кои го негуваат системот на дуално образование, а 70 отсто од најдобрите менаџери во светот минале токму ваков циклус на школство – паралелно учење теорија и стекнување пракса во соодветна компанија“, посочи Јовановска. Спротивно на ова кај нас се уште се стравува дека ако средношколците работат додека учат, ќе завршат како чираци, наместо како академски граѓани.
ФИРМИТЕ НИ СЕ ТЕРААТ, НИ СЕ ВОДАТ
САКААТ КВАЛИТЕТНИ КАДРИ ДА ИЗЛЕГУВААТ ОД ШКОЛИТЕ, А НЕ ГИ ПРИМААТ НА ПРАКСА
ШТО ДОБИВАТЕ СО ОН-ЛАЈН ПРЕТПЛАТА НА КАПИТАЛ: претплата на 1. Со електронското издание на Капитал
заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание
за најава од 2.Можност три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон
до електронското 3. Пристап издание од било каде во Светот
ШТО ДОБИВАТЕ СО ПРЕТПЛАТА НА ПЕЧАТЕНОТО ИЗДАНИЕ НА КАПИТАЛ: l 49 броја на редовното издание на Капитал l 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал l Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа l Платена поштарина l Вклучено ддв l Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози
www.kapital.mk
Капитал број 886 21.10.2016
24
ИНТЕРВЈУ
INTERVIEW
КАПИТАЛ ЕКСКЛУЗИВНО ВО СОФИЈА СО
ВЕСЕЛИН МАРЕШКИ КАНДИДАТ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА БУГАРИЈА
ПОЛИТИЧКИОТ И ЕКОНОМСКИОТ КАРТЕЛ ЈА ЈАДАТ БУГАРИЈА! ОВА МОРА ДА СЕ СМЕНИ! Не може да има картел ако нема корупција... Картелското здружување е продолжеток на корупцијата во земјата. Всушност, корупцијата ги создава картелите, монополите и шверцот. И затоа денес Бугарија се смета за најкорумпирана држава во Европа. Таа корупција ги гони вистинските инвеститори од Европа и од светот, но не оние инвеститори кои дојдоа низ годините наназад врзани со политичкиот и економскиот картел во Бугарија за да ја ограбат и последната стотинка на бугарскиот народ.
www.kapital.mk
Капитал број 886 21.10.2016
КОЈ Е ВЕСЕЛИН МАРЕШКИ
25
Веселин Марешки е роден на 26 март 1967 година во градот Варна. Основното образование го завршил во Варна, а високото инженерско образование го започнува во Москва, каде живее три години, а потоа е враќа во Бугарија и дипломира на Техничкиот универзитет во Варна. Во текот на 90-те години влегува во бизнисот со трговија со лекови и основа свој ланец на аптеки низ целата земја под името “Марешки”. Марешки поседува удели во 46 компании. Тој е сопственик на две фирми за трговија со фармацевтски и козметички производи Лиафарм Варна и Варна Фарма Холдинг. Преку Варна Фарма Холдинг е сопственик на 100% од медицинскиот центар “Младост”, а поседува и над 70 аптеки на територијата на Варна. Тој има и фирма која се занимава со градежништво и дизајн, а сопственик е и на зградата на Централната пошта во Варна. Марешки е активен и во поддршката на спортот, а во 2012 година станува и сопственик нa фудбалскиот клуб Локомотив од Пловдив. Во 2015 година Веселин Марешки влегува и во нафтениот бизнис преку фирмата Треиднет Варна, на почетокот со изградба на бензински станици за да ги снабдува своите корпоративни автомобили, а подоцна и за широка потрошувачка. Она што е интересно е дека цените на горивата на бензинските станици на Марешки се пониски во споредба со другите големи ланци на бензински станици. Марешки е политички активен веќе долго време. Во 2007 година ја основа партијата Либерална алијанса. Во 2011 година бил независен кандидат за градоначачник на Варна. Веселин Марешки е кандидат за претседател на Бугарија на претседателски избори во Бугарија кои ќе се одржат на 6 ноември.
www.kapital.mk
Капитал број 886 21.10.2016
26
ИНТЕРВЈУ
во Софија со Веселин Марешки разговарал:
В Љупчо Зиков
ljupco.zikov@kapital.mk
Веселин Марешки е една од највпечатливите фигури во економскиот и политичкиот живот на Бугарија... контроверзен, бескомпромисен, емотивен – или го сакаш или те нервира, нема средина, така велат познавачите на бугарските прилики. Родум од приморјето, во Варна, со инженерско високо образование, своето богатство го направил во бизнисот со аптеки, почнувајќи во раните 90-ти, а подоцна се вклучува и во политиката. Лани влезе и во бизнисот со нафтени деривати, за да, како што вели, ги разбие долгогодишните картели и монополи кои “што ги ограбуваат граѓаните и компаниите“. За себе вели дека за малку не станал градоначалник на Варна затоа што, го изеле едни други картели, политичките. Но, тој излегол сам и без партија. Како што рекла една млада дама на телевизија, го почитува дека е храбар човек, а јас велам дека го почитувам затоа што е безумно храбар човек. Тој одлучи да му пркоси на најголемиот картел во Бугарија, картелот на нафтените деривати... Никој до сега немал храброст да го стори тоа. Го прашувам Марешки, додека го правевме ова интервју во Софија, “зошто патуваш сам со колата пријателе“, сега во кампањата за претседателските избори, на кои што тој е кандидат на Народното ослободително движење на Бугарија...“Нема проблем пријателе мој, вистината ја кажувам“, ми вели тој... “Се плашат ли од Марешки“, му велам јас нему. “Веселин ова што ти го правиш се вика социјалдемократија во практика и дејство. Да одвоиш од себе и да даваш на сиромашните.“ Марешки вели “Јас не сум сиромашен, јас сум богат човек. Можам да бидам уште побогат. Но, кога ги гледам овие луѓе сиромашни во Бугарија, мене не ми е задоволство што се богатам овде. Јас ќе направам сè за да има за сите.” XГ-не X Марешки, што е во фокусот на вашата борба за претседателската функција во Бугарија? Зошто се кандидиравте за највисоката државна позиција? Народното ослободително движење на Бугарија чиј кандидат сум за претседател се залага за длабоки демократски промени во системот. Во центарот на нашата борба е корупцијата и политичкото картелско здружување. Да се намали бројот на пратеници во бугарскиот парламент од 240 на 160, бидејки џабе ги плаќаме. Не
само што не си ја вршат добро работата, туку голем дел од нив воопшто и не одат на работа во парламентот. Едноставно ги нема. Џабе земаат пари. Понатаму, да се смени системот на субвенционирање на партиите врз основа на добиените гласови на избори. Не може постојано партијата која победува или втората партија кои во основа се најбогати, да бидат субвенционирани најмногу по изборите само затоа што освоиле најмногу гласови. Знаеме во Бугарија врз основа на што се добиваат гласови. Ние го разбираме субвенционирањето на партиите во правец на овозможување простор и атмосфера за појава на нови идеи, нови луѓе во политиката, да се подобри атрактивноста во општеството за да се бавиш со државни работи. А, не за монополизација на политичкиот простор. Нема големи и мали партии - има големи и мали идеи, следствено на тоа и такви политичари. XКога X спомнавте монополизација... вие сте познат во земјата како жесток борец против економските и политичките картели. Колку е Бугарија зафатена од овие “болести“? Во Бугарија бизнисмените и политичарите се заразиле од темата монополи и картели. Тоа е една крајно девијантна практика, разорна за општеството. Нашата кампања, кампањата на Народно ослободителното движење на Бугарија започна со борбата против бугарските картели. И политичките и економските. Но, првиот лош збор не е картел, туку корупција. Затоа што не може да има картел ако нема корупција... Картелското
здружување е продолжеток на корупцијата во земјата. Всушност, корупцијата ги создава картелите, монополите и шверцот. И денес Бугарија се смета за најкорумпирана држава во Европа. Оттука, основната битка на нашето движење е битката со корупцијата во Бугарија. Посебен проблем е политичкиот картел во Бугарија. Ако во светот, во демократските држави две или повеќе партии се борат за власта, но на идеолошки и програмски основи, овде во Бугарија всушност сите се едно. Сите делат од иста пита. Сите на иста квота, си ги распределуваат порциите од истиот казан. Ако економските картели го убиваат бизнисот и претприемништвото, политичкиот картел ги убива надежта и моралот на граѓаните. Ги уништува духовно и не им дава шанса за подобра иднина.
“Јас сум вистински бугарски патриот!“ XКако X започна сè, односно како одлучивте да тргнете во борба против картелите? Започнувам вака затоа што тоа е мојата желба и страст. Ова е мојата надеж, ова е нашата иднина. Вистинските бугарски патриоти и чесни луѓе, вистинските професионалци од различни области, заедно сите да се собереме и да се спротивставиме на корупцијата, политичките и економските картели и шверцот во Бугарија. Сите овие што ги набројав постојано секојдневно го ограбуваат бугарскиот народ, бугарскиот чесен и пазарен бизнис и воопшто бугарската држава која е, или барем треба да биде, на сите нејзини граѓани. Корупцијата и картелите прават да живееме лошо, да немаме перспективи за нашата работа и
www.kapital.mk
Капитал број 886 21.10.2016
27
нашите бизниси и да живееме во сивило деривати. И преку тоа ли сакавте во нашата прекрасна земја. да се борите против монополите во Ние сме еден град држава, околу 7 милиоваа сфера? они Бугари, со четири годишни времиња, Чувствував постојано дека некој ме ограсо високи планини и море, со термални бува, но ја немав точната информација и минерални извори кои се главно наше точно колку и како ме ограбуваат, и како тоа обележје во целата Европа. Ние можеме се одразува на мојот живот и работа, и на да бидеме вистинска Швајцарија на Бал- животот на моите сограѓани и на државата. канот, и дури и подобри во некои сегменти Но, Господ си ја знае работата и ми го доможеме да бидеме. Сите наши политичари несе мојот пријател да ми објасни што се и оние од економските картели постојано случува во Бугарија со бизнисот со нафтени нèубедуваат дека сме Швајцарија на деривати и други горива, каде јас подолго Балканот, но никогаш не станавме тоа... Ние сакаме да ја направиме таа Бугарија за која нашите предци го дадоа животот, умираа да нèослободат од ропства, за да живееме слободни, богати, посветени и чесни. И сега Ако економските картели наместо да се ослободиме од сите го убиваат бизнисот и ропства, ние на крајот паднавме во претприемништвото, а ропството на нашиот политички картел. политичкиот картел ги убива Заробени сме во огромната корупција надежта и моралот на која извира од политичкиот картел, таа корупција која ги јаде и нај чесните и граѓаните. прогресивни иницијативи на бугарскиот посветен претприемач. работам, освен што работам со фармација Таа корупција за која што ви зборувам ги каде имам синџир на аптеки во Бугарија. гони вистинските инвеститори од Европа Видов и докажав дека моето семејство и и од светот, но не оние инвеститори кои моите бизниси се ограбени за околу 200.000 дојдоа низ годините наназад врзани со по- лева (100.000 евра н.з) во текот на една литичкиот и економскиот картел во Бугарија година. Значи за последниот претседателски за да ја ограбат и последната стотинка мандат на Плевнелиев моето семејство е на бугарскиот народ. Немаше вистински ограбено за околу 1 милион лева! Со моите инвестиции, оти не дозволија тие, за да може соработници и симпатизери проценивме да се случуваат „кокошкарските зделки„ на дека во рамките на еден политички мандат „царските коњушари„. секое едно семејство во Бугарија е ограбено за околу 6.000 лева. Целиот бугарски народ, XПочнавте X и станавте познат со бизнисите и државата, се ограбени за фармацевтскиот бизнис, а лани влеговте и во трговијата со нафтени околу 15 милијарди лева во рамките на
еден мандат на политичарите. Ќе ви дадам еден пример, како сето ова позитивно би влијаело ако тие 15 милијарди лева останеле во народот и во бизнисите ... Ако тие пари поделени по региони, општини населби се распределат, дел од тие пари ќе одат во малите минимаркети, во фризерските салони, во книжарниците... Сите овие мали бизниси ќе го развиваат малиот бизнис во реоните каде што живееме ... Развивајќи се тие ќе помагаат на некој среден бизнис во општината и регионот. Така Бугарија ќе се сврти во спротивната насока на прогрес со граѓани кои ќе очекуваат и заработуваат нормални доходи, а трошејќи самите ќе продолжат да го развиваат малиот и среден бизнис. А токму тие бизниси се ‘рбетот на нашата и на секоја економија. Сакам да појаснам дека директниот грабеж се случува на самата бензиска пумпа, но големиот индиректен грабеж се случува преку цените на другите производи во кои е интегрирана и цената на нафтените деривати. Кога нафтените деривати се продаваат со 50%, 60% па и до 90% маржа во некои случаи јас кажувам дека тоа не е нормален бизнис, туку грабеж. Знаете јас можам да молчам... јас сум во тој бизнис, продавам нафтени деривати директно преку мојот синџир на бензински пумпи. Но, заради сево ова што ви го истакнав досега тргнав со мислата и со ставот дека нешто треба да се превземе и да се стори. XИ Xшто сторивте вие? Ги намаливме драматично цените на горивата кои ги продаваме. Во Варна граѓаните веднаш го забележаа тоа, и го прогласија за вистинска револуција, за подобрување на нашите животи.
Капитал број 886 21.10.2016
28
www.kapital.mk
ИНТЕРВЈУ
Имаше голема и сложена реакција на нафтениот картел кој беше силно подржан од политичкиот картел во земјата, но издржавме со поддршка на граѓаните. Оваа поддршка на граѓаните на Варна ни даде сила да продолжиме во другите делови на целата држава. Со граѓаните на Бугарија од другите реони и со мене на чело како бизнисмен, кој што според сите балкански и бугарски логики треба да биде на страната на картелите, ние успеавме да се избориме за правдата и нашата благосостојба во оваа сфера. Не беше лесно, имаше многу притисоци. Но, ние успеавме да создадеме вистинско движење заедно со граѓаните. Стигнуваше поддршка од сите страни на Бугарија, стигнуваа писма, пораки на социјалните мрежи, мејлови... Во тие писма сиромашните и ограбени бугарски граѓани ни велеа дека надежта им е само во нас и не молеа да продолжиме со оваа акција... Тие ми се обраќаа со молба да издржам, да гледам само напред и да се кандидирам за претседател на Бугарија. Ми советуваат по истата оваа логика да создадеме и синџир на супермаркети и банки. Народот на Бугарија е доведен до тоа ниво да надежта ја гледа единствено во мене и во мојот начин на размислување, што во принцип не е добро.
“Да ги избркаме криминалците од администрацијата!“
600 илјади лева!? И сега кој е виновен? Ниту XАко X тоа не е добро, која е вашата е виновен тој што ги избркал западните идеја, кој ви е планот? Мојата идеја не е народот да се потпира инвеститори кои сакале да остават милиони единствено на вакви случаи како мојот, лева во Бугарија, напротив тој за награда е надевајќи се во храбри луѓе кои понекогаш пратеник во Собранието. Ниту е во затвор силно ризикуваат сèда изгубат, па и овој што ја направи „кокошкарската зделживотот. Мојата идеја е ние сите заедно да ка„, туку тој се извлече со тоа што поднел се собереме околу една платформа, идеја, оставка!? визија и акционен план и да ги избркаме Каква порака праќаме кон другите криминалците, и оние од администрацијата функционери и деловни луѓе. Направете кои правејќи закони даваат можност за криминална зделка, па ќе си дадете оставка создавање на ограбувачки картели, на разни анонимни институции и органи кои одлучуваат наместо Владата или Собранието. Се создаваат разни комисии за ова, за она, со скапо платени луѓе внатре кои ништо Целиот бугарски народ, не работат, туку само смислуваат бизнисите и државата, шеми, а своите услуги кои им служат се ограбени за околу 15 на економските и политичките картели скапо ги наплаќаат. А, во тие често милијарди лева во рамките на параинституционални, а сепак др- еден мандат на политичарите. жавни органи, никој не поднесува и никој ништо не ви може. Затоа насекаде никаква одговорност. Ако зависи од мене, ако јас одлучувам, низ Бугарија каде што одам деновиве велам на секоја позиција во општеството ќе дека не е најважно да градиме бегалски има надлежен човек со одговорност, а не кампови за мигрантите, туку подобро е анонимен орган. И кога тој човек не си ја да градиме нови и поголеми затвори за врши работата или ќе ја заврши на кри- корумпираните политичари, за сите кои нèуправуваа последниве години и ја минален начин, ќе оди во затвор. Еве пример, претходниот областен упра- доведоа Бугарија на последното место во ЕУ. X на пример, која што беше вител на Софија, кој во моментот е пратеник XРоманија во иста позиција како Бугарија во на ГЕРБ ( партијата на актуелниот премиер поглед на корупцијата и сл., почна Бојко Борисов н.з ) го кажа следново: „Кога активно да работи на тоа поле. бев областен управител кај мене дојдоа Ќе земете ли пример од вашите сериозни западни инвеститори кои за соседи? царските коњушници предлагаа 20 до 30 Токму така, да го погледнеме само сосемилиони лева. Јас ги избркав“. И видете сега. Сегашниот областен упра- дството, Романија. Премиери, претсевител ги продаде царските коњушници за датели, министри, градоначалници на
големи градови гнијат низ затворите. Нашите политичари сèуште не заморуваат со тоа што ќе ни се појават пред очи и ќе кажуваат како се најчесните, најдобрите... Но, секој од нас во секој град најдобро си знае колкава е корупцијата, ја чувствува ли во секојдневието, кога оди во општината или во некоја друга државна институција. Многу луѓе низ државата ни велат „ние веќе не веруваме дека можеме да живееме подобро, но надежта ни е барем да има правда, оние кои нèдоведоа до овде да одат во затвор„. И така сретнувајќи се со различни луѓе низ Бугарија, првото нешто што ме натера на формирање на Националното ослободително движење на Бугарија е картелот на нафтените деривати. Всушност ова што го кажувам е малку изместено, првата работа е всушност борбата со корупцијата во Бугарија. Корупцијата која е толку голема што според сите релевантни европски анализи Бугарија е прва во светот по корупција, а поради неа сме последни во Европа по животен стандард. Оваа корупција има толкави црни парични текови што има можност да влијае силно врз нашите животи посебно во делот на корумпирање на медиуми, корумпирање на новинари, корумпирање на социолози, политиколози, и на други слични луге од такви професии кои секојдневно ни ја отсликуваат стварноста како розова. Тие претходно ни кажуваа дека цените на горивата се на добро одржливо ниво, сега ни велат дека најдобар кандидат за претседател на Бугарија е Цецка Сачева, која е кандидат на владејачкиот ГЕРБ. А, претходно сите тие луѓе од медиумите и социолозите и политиколозите ни објаснуваа
www.kapital.mk
Капитал број 886 21.10.2016
29
дека нема никаква суштинска разлика кој ќе биде претседател на Бугарија, практички и „магаре„ да ни предложат, ние ќе си го избереме без проблем.
“ Кој сака нова Бугарија, перспективна и слободна, нека појде со мене “
странски интереси, затоа што овој потег на никаков начин не го поткрепува и засилува бугарскиот национален интерес. Втoрата кандидатка беше вметната всушност за да попречи на првата бугарска кандидатка, а не за да ние имаме шанса да победиме во трка за гордоста и надежите на бугарскиот
XКаков X е вашиот повик до бугарските гласачи за да ви ја дадат довербата на изборите? Мислам дека е крајно време ние многуте Бугари да се собереме и достојно да одговориме на овие Нема големи и мали партии касти во Бугарија кои постојано нè - има големи и мали идеи, понижуваат. Нè понижуваат како следствено на тоа и такви да сме безрбетници, мекотели кои политичари. немаат право на вистински избор. Нèпонижуваат и тогаш кога како спортисти, народ. артисти, па дури како што знаете и како Исто така ние се залагаме Парламентот политичари, сакаме да се докажеме и кој има најмала доверба кај бугарските надвор од Бугарија. Си поигруваат со граѓани, да се намали од 240 пратеници на нас оти не припаѓаме во нивната каста. 160, а политичкиот картел ни ја предлага Некакви нивни анонимни администратори Цецка Сачева која е претседател на Парлаправат сè, за секој добар Бугарин кој има ментот за кандидат за претседател на шанси нешто големо да направи надвор, Бугарија. И уште на политичкиот картел тие гледаат да го повлечат надолу, и да го малку му е овој кандидат па ни го предлага вратат во овој казан што го имаме овде. заменикот на Сачева, Каракачанов, за Еве го примерот со последната кандидатура уште еден кандидат за Претседател на за генерелен секретар за ООН, кога на Бугарија. Ќе го сметав Каракачанов за почетокот имавме една многу достојна фер кандидат да излеше сам како лице на кандидатка. Откако видоа дека таа има изборите за претседател, но тој вели јас сериозни шанси да се вмеша во трката сум претставник на Обединети патриоти. за генерален секретар, Владата од сèуште И сега кои се Обединетите патриоти - тој нејасни причини, ја повлече и вметна втор и Волен Сидоров!? Па има ли логика... човек во трката. Јас тврдам дека Владата Тогаш ние останатите Бугари кои сме... тоа го направи за да задоволи некои други не сме патриоти? Јас се сметам себеси
за многу поголем патриот од нив, оти сметам дека патриотизам во оваа земја е да правиш добри работи за бугарскиот народ и за бугарската држава. Но, сите тие се криминалци, и подобро е себеси да се наречат псевдо патриоти ако веке сакаат зборот патриот да го користат во кампањата. XКоја X е основната разлика меѓу вас и другите конкуренти во кампањата за претседател на Бугарија? Каракачанов е четири мандати пратеник, а во моментов е заменик претседател на Народното Собрание. Цецка Цачева е три или четири мандати пратеник, Илијана Јотова е три мандати пратеник, а еден мандат е европратеник, Калфин е три или четири мандати пратеник, а до скоро и вицепремиер. Сите тие се цело време со иста теза и излегуваат од едно котило. Котилото што 25 години ја управува лошо и погубно ја управува Бугарија. Но, ние сите имаме избор ... Сите кои ја сакаат оваа Бугарија што ја имаме денес, ваква анемична и без перспективи, од која луѓето си одат - нека ги гласаат овие кандидати. Сите кои не ја сакаат оваа Бугарија и бараат нова Бугарија, нека појдат со мене. Како што гледате јас направив успех на сосема друго место, таму каде што се создава и се гради животот и јас не сум бил пратеник. Јас сум единствениот различен. Јас сум единствениот вистински слободен човек, слободен политички, слободен економски, и слободен како бугарски граѓанин. nnn
Капитал број 886 21.10.2016
30
www.kapital.mk
БИЗНИС И ПОЛИТИКА
ГЕОПОЛИТИЧКИ ИГРИ ОКОЛУ ГАСОТ
ЌЕ СЕ ПОВРЗЕ ЛИ МАКЕДОНИЈА НА ТУРСКИ ТЕК, НА ТАП И НА ДВАТА ЗАЕДНО
ДИМИТРОВ: МОЖЕ ДА КОЕГЗИСТИРААТ ДВАТА ГАСО
www.kapital.mk
П, ИЛИ НО?
Капитал број 886 21.10.2016
31
На не повеќе од педесетина километри од нашата јужна граница набргу ќе поминуваат барем два гасоводи - Турски тек и ТАП, околу кои се испреплетуваат геополитички интереси што може да резултираат и со поврзување на првиот - што ја задржува Русија во играта, со вториот - што е поддржан од ЕУ, а токму со цел Москва да се ограничи како фактор
О пишува:
Максим Ристески
maksim.risteski@kapital.mk
Од кај што беа запрени со Јужен тек, Русите продолжуваат со Турски тек. Во голема мерка поради непринципиелноста на Европа која се спротистави на Јужен тек, а Германија со Русите „на големо” го развива проектот Северен тек 2, на чие чело од неодамна е поранешниот канцелар Герхард Шредер. Ако се прави преседан со европската регулатива и политика за Северен тек 2, за Германија да биде центар за дистрибуција на рускиот гас на југ, истата формула Русите можат да ја применат за реставрација на Јужен, во Турски тек,
гасоводот што преку продолжување од видот на проектот Тесла, може да носи гас и на север, до Унгарија. Русија и Турција до декември 2019 година планираат да ја завршат изградбата на двата цевководи од овој гасовод. Договорот, на 10 октомври во Истанбул, го потпишаа министрите за енергетика на Русија и на Турција, Александар Новак и Берат Албајрак, под „надзор“ на претседателите Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган. Првиот цевковод од Турски тек ќе доставува гас за Турција, а вториот треба истото да го прави за јужна и за југоисточна Европа. Овој втор крак го отовора прашањето што ќе значи Турски тек за Македонија, а во контекстот, кај нас, во Скопје, неколку дена по договорот за Турски тек, беше потпишан меморандум за разбирање меѓу Македонски енергетски ресурси (МЕР) и грчкиот гасен оператор ДЕСФА, за овозможување на изградбата на интерконективен вод за пренос на гас до Грција. Директорот на МЕР, Крсте Миладинов, говорејќи во пригодата, рече дека со завршувањето на првата делница од магистралниот гасовод Клечовце-Штип, се отворила можноста за изградба на интерконективниот вод за поврзување со Грција. А на северот на Грција, на не повеќе од педесетина километри од нашата
ОВОДИ, А МОЖЕ И ДА СЕ ОБЕДИНАТ
www.kapital.mk
Капитал број 886 21.10.2016
32
БИЗНИС И ПОЛИТИКА
ВИШЕГРАДСКА ГРУПА: „Германија со Северен тек 2 ќе ја минира можноста во Европа да се направи добра енергетска унија што ќе гарантира конкуренција во испораките и вистинска диверзификација на изворите на гас“ јужна граница, ќе поминуваат барем два гасоводи - единиот руски (Турски тек), а другиот поддржан од Европа (ТАП Трансјадранскиот гасовод). „Гасоводот (интерконективниот вод за пренос на природен гас, Штип-Неа Месемврија, со вкупна должина од околу 160 километри, н.з.) ќе има годишен капацитет од над една милијарда метри кубни природен гас. Придобивките се големи зашто ќе се овозможи снабдување со дополнителни количини на природен гас што ќе бидат неопходни за наредните години, како што е користењето на рускиот гас и на оној од Азербејџан, и поврзување на гасоводот со проектот ТАП и со гасоводот Турски тек, како и со други коридори за кои има можност да поминуваат во нашето опкружување“, изјави Миладинов, кој рече дека се во тек подготовки за потпишување мемерандум (како овој со Грција) и со Србија, со што коридорот ќе стане и транзитен со дополнителни количини на гас. Од Турски тек, од вториот крак, според информации од руски медиуми, околу 6 милијарди кубни метри гас годишно може да одат во Романија, во Молдавија и во Македонија. Но, од овој втор крак, наменет за извоз во Европа, „Газпром“, кој целосно ќе ја финансира изградбата на морскиот дел од гасоводот, може и да се откаже - како што дозволува клаузула од договорот од 10 октомври. Првиот човек на рускиот гигант, Алексеј Милер, изјави дека цевководот за
Европа ќе се реализира „само во случај пред тоа да не се зголемат потребите за руски гас во Турција“, но споменатата клаузула повеќе треба да се гледа во контекст на релациите со ТАП - гасоводот на истата линија, поддржан од ЕУ.
Турски тек ќе ја „преживее“ ЕК: Што прави Германија со Северен тек, ќе се направи и овде
Европското разгледување на прашањето за Турски тек е веќе почнато, потврди амбасадорот на ЕУ во Москва, Вигаудас Ушацкас. Претходниот проект, Јужен тек, не го преживеа спротиставувањето на Европската комисија (требаше по дното на Црното Море да пренесува гас од Русија во Бугарија), зашто беше донесен Третиот енергетски пакет на Европската унија според кој една иста страна не може да извезува гас додека истовремено е сопственик на гасна инфраструктура. Во вакви околности рускиот претседател Владимир Путин, во декември 2014 година, објави дека гасоводот се врти кон Турција, и оти наместо Јужен, ќе има Турски тек. Руски Газпром и турски Ботас тогаш и го потпишаа меморандумот за разбирање за изградба на Турски тек. Предвидено е гасоводот да биде долг 660 километри и да оди по поранешната рута на Јужен тек (со што Русија ќе си ги намали загубите од стопираниот проект), со околу 250 километри нова патека кон европскиот дел на Турција. Реализацијата на проектот се
забави поради соборувањето на рускиот воен авион од страна на турската авијација на крајот од 2015 година. „Никогаш не велиме „не“, и секогаш сме отворени за дискусија по различни варијанти, но врз основа на тоа колку тие одговараат на интересите на ЕУ. Во овој контекст ќе донесеме одлука, кога ќе имаме јасна слика, односно информации од овој договор, имајќи предвид дека постојат и други проекти што се водат и се поддржани од ЕУ“, изјави амбасадорот Ушацкас. Експертите што ги консултиравме сметаат дека Турски тек овој пат ќе ја „преживее“ Европската комисија. „За Турски тек Грција, членка на ЕУ, има договор. Истото што го прави Германија со Северен тек, ќе се направи и овде. Ако може за Германија ова да помине, ќе може и во овој случај. Во договорот што го има Грција е искористена правна форма каква што употреби Германија, и тоа ќе помине“, вели професорот Константин Димитров, претседател на МАЦЕФ - Центарот за енергетска ефикасност на Македонија. Тој во гасоводните проекти на македонската Влада насетува намера да се приклучиме на еден од гасоводите - Турски тек или ТАП, кај Гевгелија. „Првата цевка од Турски тек би служела за Турција, и таа скоро целосно ќе го замени таканаречениот балкански цевковод што тргнува од Русија, низ Украина, Молдавија, Бугарија, Грција, и стасуваше до Турција, на кој сме и ние приклучени, и ја добиваме
АТИНА: ТУРСКИ ТЕК И ТАП НЕ СЕ ИСКЛУЧУВААТ ВЗАЕМНО
www.kapital.mk
Капитал број 886 21.10.2016
34
БИЗНИС И ПОЛИТИКА
нашата количина на гас. Со тоа Русија ја елиминира Украина од равенката. Вториот цевковод од Турски тек треба да оди кон Европа, преку Грција, кон Италија, и е конкурентен на цевководот ТАП, а го подразбира договорот лани потпишан од Русија, од Грција и од Италија“, вели Димитров. Следниот чекор ќе биде изградба на цевководот до грчката граница, на истата линија каде што се предвидуваше да помине Јужен тек, кој требаше да продолжи до Виена. „Ова го спречи Европа, односно Германија, со голема поддршка на САД. Германците сакаат да ја преземат улогата од Австрија, која, ако стигнеше до неа Јужен тек, ќе станеше центар за распределба на гас со голем профит. Германија си направи договор со Русија за Северен тек 2, и таа ќе го земе профитот како дистрибутер“, коментира претседателот на МАЦЕФ. Неспорно, Турски тек е конкуренција на ТАП, оди по истата маршута, и ќе има натрпевар кој прв ќе заврши со изградбата и ќе стигне со маршута до Италија. При што постои можност да коегзистираат двата гасоводи, а може и да се обединат. „Гасот ќе поминува низ северна Грција, над Солун, на педесетина километри од нашата јужна граница, пред да отиде во Албанија, па на море во Италија. Така што, ние можеме да се приклучиме кај Гевгелија, зашто таму е природно погодно, рамно, а може да се размислува, како што сметаат некои, и од Албанија, што сметам дека е поневеројатно, зашто цевководот ќе оди покрај море, а од таму се уште 250 километри. Оптимално е, веројатно и државата затоа брза со цевководот што го гради кон Неготино - чувствува дека таму е пристапот, да се приклучиме од Грција. Постои и варијантата, проектот Тесла, кој предвидува минимум една цевка продолжение на Турски тек, а некои велат и две, што би поминувал низ Македонија и Србија, до Унгарија. Ние го имаме изборот со овие два гасоводи - Турски тек и ТАП“, вели Димитров. Националната гасоводна мрежа на Македонија треба да биде завршена до 2022 година, при што делницата КлечовцеШтип е готова, а се гради вториот потег од Штип до Неготино. Следната фаза ќе
се однесува на краците од Неготино до Битола, потоа Скопје–Гостивар и од Штип до Струмица и Гевгелија. Од парите за Клечовце-Штип - 75 милиони долари, 60 милиони се обезбедни од пребивање на клириншкиот долг од Русија, а 15 милиони од нашиот државен буџет. Вкупната должина на гасоводите во Македонија е околу 201 километри, а заедно чинат околу 90 милиони евра. Владата на Македонија веќе донесе одлука за почнување постапка за изградба на дистрибутивна мрежа за гас, со подобрени услови за полесно привлекување на потенцијалните инвеститори по пат на јавно-приватно партнерство, при што до крајот на месецов ќе се избира концесионер за скопскиот, за западниот и за источниот регион. Подобрените услови подразбираат зголемување на концесијата од 20 на 30 години, како и намалување на цената за приклучување кон гасоводот за домаќинствата, од 100 на 80 евра.
Турција најавува интеграција на Турски тек и на ТАП
Грција го поддржува Турски тек, „зашто ќе ја зголеми енергетската безбедност во земјата и ќе и помогне да ја достигне својата цел – да стане регионален енергетски центар“, како што изјавија од Министерството за животна средина и енергетика во Атина. Нашиот јужен сосед е заинтересиран за проекти како Посејдон – морскиот грчкоиталијанско-руски гасоводен проект, за да се заврши коридорот за гас од Турција во Грција преку морски цевковод низ Јонското Море до Италија. „Заинтересирани сме за транспорт на руски природен гас преку Грција во Италија и во остатокот на Европа, во рамките на европските правила“, наведуваат од грчкото Министерство. Таму сметаат дека проектите Турски тек, и поддржаниот од ЕК, Трансјадранскиот гасовод (за транспорт на азербејџанскиот гас до европските пазари) во рамките на Јужниот гасен коридор, не се исклучуваат взаемно, и придонесуваат за конкурентноста на цената на гасот. Турците, пак, се залагаат гасоводите не само взаемно да не се исклучуваат, туку и да престанат да си претставуваат проблем еден на друг, преку заедничко вклучување во единствениот систем за снабдување на
Европа по јужниот правец. Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, неодамна изјави дека Турција „по изградбата на првиот крак од Турски тек сака рускиот гас да го доставува во Европа по Јужниот гасен коридор“, и оти Анкара планира „интеграција на рускиот проект и на ТАНАП (Трансанадолискиот гасовод - од Азербејаџан, преку Грузија и Турција, до Европа; што ќе биде централен дел од Јужниот гасен коридор и ќе го поврзува наоѓалиштето Шах Дениз во Азербејџан, со Европа, преку Јужнокавкаскиот гасовод и ТАП)“. Чавушоглу рече дека низ првиот цевковод на Турски тек го годишно ќе доаѓаат околу 16 милијарди метри кубни гас, а вишокот, што нема да и треба на Турција, ќе оди во ТАНАП. „Ние оваа работа (интеграцијата на двата гасоводи, н.з.) ќе ја завршиме до 2018 година. Тој гас оди во Европа“, изјави шефот на турската дипломатија. Во овој правец се изјаснија и Азербејџанците во лицето на потпретседателот на нафтената компанија СОЦАР (која учествува во ТАНАП со 58%), Елшад Насиров, кој изјави дека „Азербејџан е подготвен да ја искористи силата на Турски тек“. Ако ова биде вака, како што навиваат Турците и Азербејџанците, и ако за сè има конкретни договори на државите, толкувањата на експертите се дека Европската комисија против овој проект не би можела да има аргументи од економска природа. Секако, нешто сосем друго е кога аргументацијата ќе се префрли на геополитичкото поле, дека е потребно да се намали европската зависност од рускиот гас преку диверзификација на доставувачите, за што најнедоследен европски пример е она што Германија го прави со Северен тек 2. Членките на Вишеградската група веќе ги осудија плановите за ова проширување на гасоводот Северен тек, сметајќи дека „изградбата на Северен тек 2 ќе ја минира можноста во Европа да се направи добра енергетска унија што навистина ќе гарантира конкуренција во испораките, а со тоа и вистинска диверзификација на изворите на гас за Европа“, како што изјави полскиот претседател, Анджеј Дуда. nnn
www.kapital.mk
Капитал број 886 21.10.2016
36
КОЛУМНА
Автор:
ИЛИЈА ДИМОВСКИ координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во македонското Собрание
Следните педесетина дена, како никогаш досега, ќе бидат клучни за тоа дали Република Македонија ќе чекори кон патека која што ќе значи политичка и безбедносна стабилност и економски развој или како народ ќе дозволиме на разноразни УДБАшки структури повторно да ја повлечат оваа држава во сомнителен и себеуништувачки колосек
Време е за крај
С
Следните педесетина дена, како никогаш досега, ќе бидат клучни за тоа дали Република Македонија ќе чекори кон патека која што ќе значи политичка и безбедносна стабилност и економски развој или како народ ќе дозволиме на разноразни УДБА-шки структури повторно да ја повлечат оваа држава во сомнителен и себеуништувачки колосек. Истите тие структури се противеа на идејата за самостојност и независност на нашата држава, истите тие структури водеа досиеја и следеа политички неистомисленици, кршејќи го Уставот и меѓународните конвенции, истите тие структури ја креираа аферата Големото уво, истите тие структури учествуваа во создавањето на воениот конфликт од 2001 година, истите тие структури ја помогнаа територијалната поделба во 2004 година на штета на македонскиот народ, истите тие структури со свои инсталации и соработка со сомнителни туѓи центри го спроведоа прислушувањето и ја креираа најдлабоката политичка криза во демократската историја на Република Македонија. Граѓаните на Република Македонија, без разлика на својата етничка или религиозна припадност, не прифаќаат ниту обиди за рушење на монетарниот и банкарскиот систем онака како што неколку т.н. експерти, а всушност поранешни министри во владите на СДСМ се обидоа да го направат со внесување страв дека банките во Република Македонија штотуку не пропаднале. Граѓаните на Македонија, исто така, не заслужуваат да гледаат физички напади врз припадниците на МВР, онака како што видовме од претставници на една политичка
партија. Граѓаните никогаш нема да поддржат политика која што значи виткање на кичмата и калкулирање со националниот идентитет на македонскиот народ и со името на Република Македонија онака како што лидерот на СДСМ неколкупати во минатите неколку годни наназад кажа дека има намера да постапи, зборувајќи дека треба да си ја превиткаме кичмата, зборувајќи дека нему не му доликува да биде патриот и зборувајќи дека токму сега е времето да се редефинира државата. Граѓаните на Македонија нема да поддржат и не поддржуваат пазарење со внатрешните меѓуетнички односи и пазарење со уставното уредување на оваа држава онака како што видни претставници на СДСМ, директно кои индиректно, најавуваат. СДСМ отворено зборува за воведување на двојазичност и редефинирање на Република Македонија. Граѓаните на нашата држава не сакаат да гледаат како се напаѓа, се навредува и се маршира во центарот на Скопје против Армијата на Република Македонија во оние моменти кога таа ја чуваше јужната граница на државата од обидот за нелегален влез на илјадници мигранти, како што правеа невладините организации на Сорос и СДСМ. Граѓаните на Македонија не поддржуваат политички партии кои бараат и добиваат поддршка од разно разни продадени типови на луѓе, како што добија од расчинетиот Зоран Вранишковски, ниту, пак, поддржуваат партија која добива сесрднна подршка од националистичките и антимакедонски кругови на север, на југ, на исток и на запад, бидејќи нашите луѓе знаат дека таа поддршка за СДСМ има своја цена и ќе биде наплатена. Нашиот народ не сака партии кои трчаат, плачат и се молат по странски амбасади да бидат спасени од сигурен изборен пораз. Нашиот народ не сака да гледа како му се рушат државните институции кои се симбол на државноста на Македонија. Нашиот народ нема да прифати државата да ја превземат луѓе без никакво национално и патриотско чуство.
www.kapital.mk
Капитал број 886 21.10.2016
37
на кризата Граѓаните сакаат стабилна и безбедна Македонија. Држава во која со уште посилен ритам ќе се отвораат нови странски и домашни фабрики, држава во која ќе се отвораат нови работни места и ќе се зголемува платата на работниците. Граѓаните сакаат да продолжат да се градат стотиците километри на автопати, експресни патишта, регионални и локални правци, сакаат да продолжат да се градат и реконструираат училишта, болници, градинки и спортски објекти. Македонија ќе бира помеѓу стабилност и криза. Македонија ќе бира помеѓу економски развој од една страна или национално и државно распродавање од друга страна. Време е за крај на кризата. nnn
Граѓаните сакаат стабилна и безбедна Македонија. Држава во која со уште посилен ритам ќе се отвораат нови странски и домашни фабрики, држава во која ќе се отвораат нови работни места и ќе се зголемува платата на работниците. Граѓаните сакаат да продолжат да се градат стотиците километри на автопати, експресни патишта, регионални и локални правци, сакаат да продолжат да се градат и реконструираат училишта, болници, градинки и спортски објекти.
ТОП 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ
Капитал број 886 21.10.2016
38
PR
www.kapital.mk
www.kapital.mk октомври 2016 СПЕЦИЈАЛНА ЕДИЦИЈА
ФЗЦ 11 Октомври а.д.
ФЗЦ 11 Октомври АД од Куманово е препознатливо име за производство на електро заварени цевки и профили од сите видови и големини со висок квалитет. Компанијата изработува цевки и профили по сите водечки интернационални стандарди: API; ASTM; DIN; BS; NF; UNI; GOST и ги исполнува најстрогите критериуми за квалитет во релевантни EN и ISO. Поради тоа голем број од широкиот асортиман на производи ФЗЦ 11 Октомври А.Д. Куманово ги пласира во Западна Европа, но исто така и во соседните земји на Балканот.
КВАЛИТЕТ-ПРОМ е препознатливо име во областа на трговија со градежни материјали. Од нашата гама на материјали посебно место зазема продажба на арматурно и глатко железо од сите димензии, а квалитетот е потврден со Сертификати од самите производители. Основна карактеристика по која се разликуваме од другите е целосната посветеност кон конкретните потреби и желби на нашите клиенти. Располагаме со возен парк за навремена достава на порачаните производи до договореното место.
Рапид Билд е градежна компанија која изведува објекти од секаков вид и тоа: станбени, деловни, индустриски објекти, магистрални гасоводи комплет со блок станици и главно мерно регулациони станици, атмосферски и фекални канализациони системи, патна инфраструктура со придружни објекти (подпатници, надпатници, пропусти, клучки), реконструкции, доградби итн. Главната одлика на компанијата е Брза, Квалитетна и Современа изведба, која се должи на користење на најсовремена опрема и материјали за градба, имплементирање на светските стандарди за квалитет и менаџмент, како и поседување на тим составен од високо-професионален и стручен кадар. Во реализација на работите во областите на својата дејност секогаш ја запазува техничката регулатива, ги запазува етичките и стручни стандарди на оваа професија а со своето работење го застапува интересот на својот инвеститор во рамки на законските прописи, интересот на општеството и угледот и репутацијата на професијата и професионалноста.
ДЕТОИЛ Детоил бензинските пумпи се 23 години со Вас. Располагаме со седум бензински пумпи, маркети со широк асортиман на производи и рестораниФреш во склоп на две од нив. Детоил освен со малопродажба се занимава и со големопродажба преку својот склад за нафтени деривати во Куманово и се јавува како стабилен снабдувач со нафтени деривати на други бензински пумпи, градежни компании, транспортни компании и слично.
l Бензинска пумпа 1
Лоцирана на стариот пат Куманово - Крива Паланка, во општина Старо Нагоричане, на 100 м пред раскрсница за Пелинце
l Бензинска пумпа 2
Лоцирана на автопатот Е75 делница Табановце-Куманово стационажа 6,8 км од десно
l Бензинска пумпа 3
Лоцирана во населбата Вера Которка (регионален пат Куманово-Свети Николе од лева страна)
l Бензинска пумпа 4
Лоцирана на улица Перо Наков 108a - Скопје, веднаш до Супер Тинекс
l Бензинска пумпа 5
Лоцирана на улица Индустриска бр. 11 - Куманово, веднаш до Агрокуманово
l Бензинска пумпа 6
Лоцирана на автопатот E75 делница Катланово - Скопје
l Бензинска пумпа 7
Лоцирана на улица Моша Пијаде бр.14 - Велес
45
They say diamonds are forever… and so is an MBA!
Enjoy the most Valuable classroom experience – real life Harvard Business School case studies, business simulations and participant centered learning that enhance your strategic decisionmaking skills and critical thinking
a Rare opportunity to learn alongside esteemed professionals in order to build an extensive and exclusive network of useful contacts which could lead to new business opportunities The most Desirable and sought after degree in the world by employers, entrepreneurs and future leaders
World-class curriculum that applies a global outlook on current issues, taught by international faculty from top –tier schools with a rich portfolio of expertise
A brilliant cut to fit your demanding work schedule and maintain your work – life balance, giving you more flexibility to acquire the skills and experiences to fulfil your career objectives
Access to the Highest Quality internationally accredited degree by the Accreditation Council for Business Schools and Programs (USA) created as a combination of European and American educational standards
So don't lose a diamond, while chasing glitter! Enroll at the UACS MBA program! За повеќе информации: Бул. Трета македонска бригада бр. 60, 1000 Скопје Телефон: + 389 (0) 2 2463 156; 2463 159 Е-пошта: graduate@uacs.edu.mk
www.uacs.edu.mk
UACS SKOPJE
UACSKOPJE
YOUTUBE.COM/USER/UACSKOPJE
UACSKOPJE
www.kapital.mk
Капитал број 886 21.10.2016
40
БИЗНИС И ПОЛИТИКА
ВО ИМЕТО НА ЕКОНОМСКИОТ ПАТРИОТИЗАМ
ПОЛСКА И УНГАРИЈА БАРААТ ПОГОЛЕМА КОНТРОЛА ВРЗ КОМПАНИИТЕ
Економската криза и рецесија со која се сооува Еврпската унија и се поголемата неизвесност која владее во светот го засилуваат птотекционизмот во економијата. Властите во Унгарија и Полска се меѓу оние кои гласно бараат поголема надлежност врз компаниите во името на економскиот патриотизам
П
Пред две декади, пост-комунистичките Унгарија и Полска беа соевиден рај за странските инвестиции. И двете земји многу профитираа од овој бран, со оглед на тоа што сранските инвестиции донесоа многу нова технологија и капитал, и отворија многу нови работни места. Странските компании кои почнаа да ги купуваат државните имоти, ставија крај на евтиното купување на економијата од страна на олигарсите. Но, откако почна финансиската криза во
2008 година, Полска, Унгарија и нивните соседи беа оставени со економии и банкарски системи кои доминантно беа управувани од страна на странци. Сега главните политичари во овие земји се погласно сугерираат дека во изминатиов период е изгубен преголем дел од економскиот суверенитет. “Ова се национални економии и безбедноста на националните економии мора да вклучува и национално влијание. Ова е според мене економски патриотизам”, изјави премиерот на Унгарија, Виктор Орбан на настан на кој се појави заедно со Јарослав Качински, кој ја предводи владејачката полска партија. И Качински потврдува дека ги дели многу од погледите и ставовите на Орбан. Но, што тоа значи за инвестициите на странските компании во овие земји? Засега сликата е прилично измешана. Од 2010 година, владата предводена од
Орбан им наметна кризни даноци на трговските ланци, телекомите и енергетските сектори, кои доминантни се управуван и во сопственост на странски компании. Исто така, на унгарскиот банкарски сектор, во кој најголеми сопственици се странски банки, му беше наметната највисока давачка во цела Европска унија. Банките беа присилени со закон да ги покријат на сопствен товар трошоците од конвертирањето на милијарда вредни хипотеки издадени во странски валути, по промените во девизниот курс во 2008 година. Откако профитот на банките се намали, две средни банки во Унгарија кои беа во странска сопственост беа продадени на купувачи во сопственост на државата, во согласност со целта на Орбан да ја зголеми државната сопственост во домашниот банкарски сектор на над 50%. Откако државата ги намали цените на
ОРБАН: ОВА Е ЗА МЕНЕ ЕКОНОМСКИ ПАТРИОТИЗАМ
www.kapital.mk
Капитал број 886 21.10.2016
41 И Полска и Унгарија ги оставија недопрени другите сектори во кои се исто така доминантни се странци, вклучително автомобилската индустрија во која е привлекоа многу големи странски инвестиции. Орбан и јавно призна дека е уверен дека е неопходно да постои национално влијание во четири клучни сектори: банкарскиот систем, медиумите, енергијата и трговските ланци.
комуналиите, некои странски компании беа принудени да си заминат. Орбан изјави дека станува збор за привремени секторски даночни кризи, додека ги реформира јавните финансии. Но, минатиот месец Орбан и јавно призна дека е уверен дека е неопходно да постои национално влијание во четири клучни сектори: банкарскиот систем, медиумите, енергијата и трговските ланци. Унгарија покажува знаци дека релизацијата на целта на Орбан веќе го оштетува инвестицискиот имиџ на земјата. Минатата година Орбан беше принуден да ја укине високата банкарска давачка, кога Унгарија побара меѓународно кредитирање . И Полска и Унгарија ги оставија недопре-ни другите сектори во кои се исто така доминантни се странци, вклучително автомобилската индустрија во која е привлекоа многу големи странски инвестиции. Полската владејачка Право и правда внесе вознемиреност меѓу странските компании откако победи на минатогодишните парламентарни избори. По освојувањето на власта, на полскиот банкарски сектор му беше наметната нова давачка, пониска од онаа во Унгарија. На трговските ланци Полска воведе данок базиран на обртот кој го прават, за кој Европската комисија минатиот месец нареди да биде укинат
бидејќи се коси со правилата на ЕУ за слободна конкуренција. Полскиот претседател Андреј Дуда предложи да се донесе закон со кој се натераа банките да ги конвертираат хипотеките во странска валута назад во полски злоти по историски девизен курс, принудувајќи ги банките да плаќаат огромни трошоци од неколку милијарди евра. Овој потег предизвика реакции и предупредувања од рејтинг агенциите, полскиот банкарски регулатор, централната банка, па дури и од министерот за економија , дека може да доведе до банкарска криза. Претседателот Дуда се повелече од овој закон во август годинава. Некои аналитичари сугерираат дека ова покажува дека владејачката партија во Полска е попрагматична од владејачката партија во Унгарија на чело со Орбан. Но, Отилиа Данд од Тенео Интелџенс, консултанстка куќа за проценки на политички ризици, смета дека власта се уште може да се предомисли. “Власта во Полска го презема истиот однос како партијата на Орбан во Унгарија: ”Aјде да ги преплашиме, а после да им понудиме договор кој ќе биде поблаг од првичниот предложениот и сите ќе бидат среќни”, смета Данд. Таа е загрижена дека владејачката партија во Полска сака да ги корегира историските
грешки, кои според перцепцијата на јавноста, беа направени со т.н Балцерович план за либерализација, именуван според тогашниот министер за финансии Лешек Балцерович. Министерот за економија Моравиецки, на кој минатиот месец му бесе додаден и ресорот за финансии, предизвика аларм кога во интервју во еден полски весник тој беше цитиран дека сака да се повлече од економскиот неолиберализам. Но, за Фајненшл Тајмс тој појаснил дека неговите зборови биле погрешно разбрани и дека тој воопшто нема намера да го ревидира она што се случило пред 25 години. Тој појаснува дека неговиот план има за цел да ги зголеми домашното штедење и инвестициите, не само во полето на социјалните расходи планирани од владата, туку и да ги стимулира иновациите и долго запоставуваната инфраструктура, со цел богатството да рашири низ целата земја. “Подобрата инфраструктура ќе ја направи Полска поатрактивна за странскитe компании”, вели Моравиецки. Инвеститорите се лоцираат на едно одредено место, но тие сакаат да отидат и на други места за еден или еден и половина час, а не како досега за пет часа. Ние и не сме толку големи”, вели тој. (Текстот е објавен во Financial Times)
www.kapital.mk
Капитал број 886 21.10.2016
42
БИЗНИС ТРЕНДОВИ
6 СЕКТОРИ КОИ НАЈМНОГУ РАСТАТ
Можеби кризата и рецесијата влијаат на многу бизниси, сепак тоа не оправдување за лидерот на фирмата да се успие и да чека да помине кризата. Секој претприемач кој сака да биде успешен треба да биде подготвен да продолжи со свежи и нови бизнис идеи, откако ќе помине кризата. Еве 6 сектори кои имаат најголем потенцијал за развој и кои најбрзо растат.
И
ако причините за опоравување се различни од сектор до сектор, и од компанија до компанија,
вистинскиот микс може да биде добар патоказ на секој претприемач за понатамошен развој во периодот откако ќе заврши рецесијата. Кои,
секако треба што подобро да се искористат пред следната криза. Ова се 6 сектори во светот кој најмногу растат.
3Д ПЕЧАТЕЊЕ
3
Д печатењето е една од индустриите и технологиите кои најбрзо растат во последните неколку години. СПоред проценките на консултанстката куќа Wohlers Associates, лани вредноста на оваа индустрија изнесувала 5,1 милијарди долари. Технологијата на 3Д печатење е дел од новата индустриска револуција. Неодамнешната студија која ја спроведе Manufacturing Institute покажа дека 71% од американските производствени компании на некој начин користат 3Д печатење, од протоипови до финални производи.
ВИРТУЕЛНА РЕАЛНОСТ
D
eloitte проценува дека виртуелната реалност ќе ја достигне првата милијарда долари во оваа година. Засега видеоигрите се главни во виртуелната реалност, но се очекува експоненцијален раст и ширење во различни сектори, од здравство до архитектура.
БИЗНИС ТРЕНДОВИ: ОД НАУЧНА ФАНТАСТИКА ДО ДОБАР БИЗНИС
www.kapital.mk
Капитал број 886 21.10.2016
43 ОНЛАЈН ДОСТАВА НА ХРАНА
Б ЗЕЛЕНA ГРАДБА
О
ва е инвестициска прилика која не е само профитабилна, туку и добра за околината. Неодамншната студија на Morgan Stanley покажува дека оддржливите технологии значително влијаат на градбата на деловни згради, намалувајќи ги трошоците за 30%. Трендовите за 2016 година откриваат дека побарувачката на клиентите е главната причина која стои зад растот на зелената градба.
ДРОНОВИ
К
ога денес ќе се погледне во небо, можат да се видат птици или авиони. Наскоро меѓу нив може да има и дронови. Пазарот, кој според извештајот на Grand View Research, во 2014 година вредел 552 милиони долари, до 2020 година, според проценките би можел да расте со годишна стапка од 16,9%. Голем е поенцијалот на дроновите во ширината на нивната примена и се поголемата побарувачка, почнувајќи од земјоделие, индустрија, па се до употреба за основните цели. Забрзано расте бројот на производители на дронови и делови за нив, како и инвеститори во фими кои се занимаваат со тоа.
рзорастечки сектор е и е-трговијата со храна. Од достава на намирници AmazonFresh до Blue Apron, фирма која доставува свежи состојки за поединечно јадење. Според Wall Street Journal во овој сектор минатата година имало 499 инвестиции вредни 4,6 милијарди долари, што е двојно повеќе во споредба со една година претходно.
ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА
Н
екогаш само научнофантастична идеја денес станува стварност во чие истражување и примена се вложуваат милијарди долари. Извештајот на Bank of America и Merril Lynch покажува дека вложувањата во истражување на вештаќката интелигенција ќе достигнат 70 милијарди долари до 2020 година во споредба со вложувањата од 8,2 милијарди долари во 2013 година. Вештачката интелигенција уште денес е секаде околу нас – oд гласовното препознавање на Google пеку програмата на Facebook, DeepFace кои точно ги препознава 97% од лицата на фотографиите, па до програмата на IBM, Watson, кои 2 дури 2.400% попаметен отколку што беше во 2011 година кога ги победи луѓето во квизот Jeopardy. Со оглед на инвестициите во вештачка интелигенција кои ги најавуваат Apple, Facebook и Google, повеќе од сигурно е дека се очекува силен раст во овој сектор.
www.kapital.mk
Капитал број 886 21.10.2016
44 БАЛКАН БИЗНИС И ФИНАНСИИ СРБИЈА ЌЕ ЗЕМЕ КРЕДИТ ОД МИЛИЈАРДА ДОЛАРИ ОД АБУ ДАБИ
С
рбија од Фондот за развој на Абу Даби ќе земе кредит од околу милјарда долари по најповолни можни услови, изјави министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ. „Овој заем не е земен ненадејно. Ги имаме најповолните можни услови на светот“, рече Дачиќ говорејќи пред новинарите на Економскиот самит на Србија. Како што рече, причините за Србија да се задолжува во толкав износ се образложени во закон за потврдување на договорот за заем од Фондот за развој на Абу Даби, што во името на Владата на Србија го потпишал токму Дачиќ. Српската Влада сака да го земе кредитот за буџетска поддршка, со камата од 2,25% годишно. Периодот на доспевање на заемот е 10 години, вклучувајќи грејс период од 5 години, додека рокот за отплата е, исто така, 5 години. Договорот за кредитот е потпишан на 4 октомври, и во него се предвидува Владата на Србија од Фондот за развој на Абу Даби да земе заем во вредност од 3.367.000.000
Српската Влада кредитот од една милијарда од Абу Даби ќе го земе за буџетска поддршка, со камата од 2,25% годишно. ОАЕ дирхами (околу милијарда долари) и да го повлекува во пет рати во вредност од приближно 200 милиони долари, во интервали од најмалку шест месеци. Целта на заемот е поддршка на економскиот
развој на Србија преку намалување на трошоците за финансирање, унапредување на економската ситуација во земјата и придонес за остварување на планираниот развој. nnn
СОВЕТ: ЦЕЛТА БЕЗ ДЕФИНИРАН ПРОЦЕС ВОДИ КОН НЕУСПЕХ
www.kapital.mk
Капитал број 886 21.10.2016
46
ПРЕТПРИЕМНИШТВО
РЕКОА ЗА... СРЕЌАТА
П
очнувањето и водењето бизнис може да биде најпредизвикувачката и најстресна работа што некогаш сте ја правеле. Но, во истовреме тоа може да биде работа која целосно ќе ве исполни и ќе ве направи среќни и задоволни. Но, не сите претприемачи се среќни со самите себеси, со нивните бизниси и нивните успеси.
Се грижиме многу за здравјето на луѓето со цел да им помогнеме да останат здрави и да престанат со пушење. Како резултат на тоа нашите трошоци за здравствена заштита се зголемуваат многу помалку во споредба со другите компании.Но, што е многу поважно, нашите вработени се посреќни и попродуктивни
Среќен сум кога сум вклучен во работи кои го менуваат светот
Дефиницијата за среќа е целосно субјективна и се разликува од човек до човек, но постојат некои заеднички карактеристики помеѓу оние кои се многу среќни. Од нив може многу да се научи. Еве неколку изјави за тоа што е среќа од неколку успешни претпримачи. Ако сакате да бидете среќни, поставете цели кои ќе ги насочуваат вашите мисли, ќе ја ослободат вашата енергија и ќе ви донесат нова надеж
LARRY PAGE
косопственик на Google
ELON MUSK
иноватор и бизнисмен
ANDREW CARNEGIE филантроп
KEN FIELD
канадски бизнисмен
Кога се чини дека се оди против вас, сетете се дека авионот полетува спроти ветрот, а не во правецот на ветрот Ако сакате да бидете претприемач, тоа не е работа, тоа е стил на живеење. Тоа ве дефинира. Заборавете на одмори, на одење дома во шест часот попладне. Последна работа навечер ќе ви биде испраќање електронска пошта, а прав работа наутро ќе ви биде читање на електронската пошта.
HENRY FORD
американски индустријалец
NIKLAS ZENNSTROM шведски претприемач
STEVE JOBS иноватор
ЈЕФФ БЕЗОС
основач на Amazon
Мора да бидете заљубени во тоа што го правите, бидејќи да се биде претприемач подразбира многу напорна работа и надминување многу тешки околности. Само од таа љубов ќе излезе посветеноста да станувате од спиење во 4 часот наутро заради идејата која само што ви текнала и да останувате на работа до полноќ и да не се чувствувате изморено Убеден сум дека околу половина од она што ги разликува успешните претприемачи од неуспешните претприемачи е решителноста и упорноста Една од големите грешки што ја прават луѓето е што се форсираат да прават и работат нешто. Вие не ја исбирате страста, страста ве избира вас
P
КОМПЈУТЕРСКА ДЕРМАТОСКОПИЈА НА БЕНКИ
Скопје +389 2 / 321 66 08 www.ancevski.com.mk ancevski@laserlab.com.mk facebook.com / Ординација Д-р Анчевски
www.kapital.mk
Капитал број 886 21.10.2016
48
LIFESTYLE
Б
„Божиновски часовници и накит“ на 14 октомври ги претстави колекциите на германскиот бренд на луксузни производи Montblanc, што беше ексклузивна можност претставниците на медиумите и гостите одново да се запознаат со часовниците, накитот, инструментите за пишување, кожените додатоци и другите производи и да прослават 110 години од основањето на компанијата. Извршниот директор на Montblanc Jérôme Lambert, изјави: „Montblanc слави 110 години од историјата. Ова патување е посветено на создавање на фино изработени и безвременски содружници и горди сме што ‘Божиновски часовници и накит’
ПРОМОЦИЈА НА "БОЖИНОВ
НАЈНОВИТЕ ПРОИЗВ MONTBLANC
од Македонија ни се придружници на ова патување.” Од Божиновски изјавија дека им претставува голема чест што се ексклузивен застапник на Montblanc во Македонија и што имаат можност да го пренесат урбаниот и луксузен дух на овој иконски бренд, кој со
својата мисија стави ултимативен печат , со врвната изработка, иновацијата, квалитетот и изразувањето на стилот. “Безвременската ‘снегулка’ која го симболизира изгледот на снежната капа со која е прекриен највисокиот европски врв Мон Блан, оваа година слави 110 години од
LAMBERT: MONTBLANC СЛАВИ 110 ГОДИНИ. ОВА ПАТУВАЊЕ Е ПОСВЕТЕНО
www.kapital.mk
Капитал број 886 21.10.2016
49
Ексклузивниот застапник на германскиот бренд на луксузни производи Montblanc за македонскиот пазар, “Божиновски часовници и накит“ ги претстави најновите колекции на инструменти за пишување, часовници, кожени производи и др.
ВСКИ ЧАСОВНИЦИ И НАКИТ"
Е ЛУКСУЗНИ ВОДИ НА C ВО СКОПЈЕ своите пионерски почетоци. Цели 110 години, Montblanc e најпрепознатливата икона во универзумот на пишувачките инструменти, која нè учи на уметноста на пишување ‘Montblanc – The Art of Writing ‘ и сè до денешен ден држи чекор со модерни-зацијата и паметните уреди кои едноставно се наметнуваат
во секојдневниот живот. Montblanc ја револуционализира културата на пишување пробивајќе се преку своите иновации, а со својата длабоко вкоренета култура на калиграфија (убаво пишување), Montblanc има поставено меѓународен стандард на културна и естетска посветеност.“, изјавија
од “Божиновски“. Инструментите за пишување , на кои им се посветува со целото свое внимание и време во процесот на дизајнирање и изработка , целосно се изработени од племенити смоли и метали, објаснуваат од “Божиновски“. “Со тоа се вградува душа во инструментот, која потоа лесно се поврзува со внатрешното Јас на сопственикот и стануваат една неразделна целина. Денес, Montblanc продолжува да ги поместува границите развивајќи го врвното мајсторство низ секоја од своите категории на производи како што е врвот на луксузните инструменти за пишување, софистицирани и ексклузивни кожни производи, накит, очила за сонце, парфеми, за на крај да навлезе во светот на мерачите на време, изработувајќи часовници со најкомплицирани автоматски механизми.“, велат од компанијата, која што постои на македонскиот пазар веќе 20 години, и е претставник за швајцарските брендови за часовници и накит: Swatch, Calvin Klein, Tissot, Hamilton, Longines, Omega, Breitling, TAG Heuer, MontBlanc и други. nnn
О НА СОЗДАВАЊЕ НА ФИНО ИЗРАБОТЕНИ И БЕЗВРЕМЕНСКИ СОДРУЖНИЦИ
www.kapital.mk
Капитал број 886 21.10.2016
50
ЛИДЕРИ
ФИЛ ЛИБИН
ИЗВРШЕН ДИРЕКТОР НА EVERNOTE
ГРАДЕЊЕТО ДОБАР ТИМ Е НАЈВАЖНАТА РАБОТА НА ДИРЕКТОРОТ
Ф
ил Либин е претпримач кој два пatи досега има основано стартап компанија, Engine 5 и CoreStreet, а веќе неколку години е главен извршен директор на Evernote, лесно достапен софтвер кој го прави земањето забелеши и нивното архивирирање многу лесно. Оваа апликација е своевидно место за меморија, каде што можете да складирате работи кои ви е потребен пристап од било каде, од фотки, до веб страници и уште многу повеќе. Компанијата Evernote има над 100 милиони корисници и се проценува на над 1 милијарда долари. Либин е инаку роден во Русија, а на осумгодишна возраст со родитетлите емигрирале во САД. Еве некои од неговите ставови за успех во бизнисот.
Како што вашата компанија расте, ќе поминувате низ три фази на интернет фидбек од страна на корисниците. Првата е “не е доволно”. Втората е “сосема доволнo. Третат е “многу, многу повеќе”. Секако дека се шегувам. Постои само првата фаза
Се на светот може да се направи подобро. И заслижува да се направи подобро. Тоа е морална обврска да се обидете да ги подобрите работите малку по малку
Најважната работа што треба да ја знаење за вработувањето на луѓе е како да отпуштате. Не вработувајте никого, освен ако не сте уверен дека ќе можете да го отпуштите.Тоа е непријатено, но е вистина
Градењето и одржувањето на одличен тим е најважната работа што треба да ја правите како главен извршен директор
Има многу лоши причини за да се основа фирма. Но, постои само една добра и легитимна причина - тоа е за да се промени светот
Ако имате добар производ, тогаш тоа е се што треба да правите
Секој кој што ми рапортира мене, мора работата да ја работи многу подобро отколку што би можел јас. Тоа би излегло некако дека ЦЕО-то во Evernote треба да е најглупавата личност во фирмата
Жалбите од корисниците се одлична работа, Колку се подетални , толку се подобри. Единствениот проблем со критиките е што се демотивирачки за луѓе кои не се навикнати да бидат критикувани