892 kapital magazin

Page 1

COVER STORY: ШТО БАРА БИЗНИСОТ ОД НОВАТА ВЛАДА!?

ПРЕТПРИЕМАЧИTE РАСКАЖУВААТ

ДОМАШНИТЕ ИНВЕСТИТОРИ ОЧЕКУВААТ ИСТ ТРЕТМАН КАКО И СТРАНСКИТЕ!

КАКО ДО ПРВАТА ИНВЕСТИЦИЈА ВО СТАРТАПОТ И ШТО СО НЕА?

interview

проф. д - р

ЖАН МИТРЕВ

ОСНОВАЧ И ДИРЕКТОР НА СПЕЦИЈАЛНАТА БОЛНИЦА “ФИЛИП ВТОРИ“ - СКОПЈЕ

INTERVIEW

НАПРАВИВ БОЛНИЦА НА КОЈА ШТО Ѝ ЗАВИДУВААТ И ОД РАЗВИЕНИТЕ ЗЕМЈИ

БРОЈ 892 | ЦЕНА 100 ДЕН. 2 ДЕКЕМВРИ 2016 | ПЕТОК | ГОДИНА 18

СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ ПОБЕДАТА И ПРОМЕНИТЕ ВО „ЕДИНИЦАТА“ ЌЕ БИДАТ ИЗРАЗЕНИ СО УБЕДЛИВИ БРОЈКИ

САД ИЗБОРИ: СИТЕ ЛУЃЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ!



3

Капитал број 892 02.12.2016

СОДРЖИНА

16

08 04

PROFILE

06

НАВИГАТОР

08 16

Еврокомисијата има план ЕУ да стане воена суперсила Стопанска банка Битола и Владимир Ефтимоски со награди од “Global Banking & Finance” и “The Business Worldwide” за најдобра банка и најдобар менаџер

24

STARTUP

Македонските претприемачи ги споделија своите искуства Како до првата инвестиција во стартапот и што со неа?

СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ

носител на кандидатска листа на СДСМ и коалицијата во И.Е.1

Победата и промените во „единицата“ ќе бидат изразени со убедливи бројки

42

СВЕТ БИЗНИС

Трамп избира микс од соработници со искуство, многу пари, но и контроверзи Сите луѓе на претседателот

30

АГРОБИЗНИС

44

ТЕХНОЛОГИЈА

34

INTERVIEW

50

ЛИДЕРИ

COVER STORY

Домашните инвеститори очекуваат ист третман како и странските!

INTERVIEW

40

ИКТ во агробизнисот конференција која ги поврзува ИКТ и агро бизнисите Информатичките технологии го прават земјоделскиот бизнис попрофитабилен проф. д-р ЖАН МИТРЕВ

основач и директор на специјалната болница “Филип Втори“ - Скопје

Направив болница на која што и завидуваат и од развиените земји

Од гигантската мултимедијална енциклопедија на нашето време: Најдобрите YouTube канали со научни објаснувања за „необјаснивите“ феномени ИНДРА НОИ

главен извршен директор на PepsiCo

Не барајте постојано лоши намери кај другите, тоа го кочи вашиот личен развој

ШТО БАРА БИЗНИСОТ ОД НОВАТА ВЛАСТ

КАКО ДО ПРВАТА ИНВЕСТИЦИЈА ВО СТАРТАП

СИТЕЛУЃЕНАПРЕТСЕДАТЕЛОТ

Многубројни се мерките што бизнис секторот ги бара од новата власт веднаш по завршувањето на изборите на 11 декември, од кои што некои се толку итни, како што рече еден од бизнисмените, што „би требало да се преземат уште вчера, а не утре“, и меѓу другите вклучуваат навремено плаќање на обврските на државата кон приватните фирми, намалување на бирократијата, инвестиции во патната, железничката и енергетската инфраструктура на земјата... Но, речиси сите менаџери со кои разговаравме, прво што посочија е еднаков третман на домашните фирми со странските инвеститори.

Паметен штекер, паметно капаче за резервоар за гориво, паметен дигитален асистент... Капитал продолжува со серијалот написи посветен на домашната стартап сцена, преку примерите на паметни идеи од паметни момци и девојки од Македонија што успеваат да добијат пари од инвеститори кои што го препознаваат потенцијалот на нивните бизнис идеи. Како успеваат во тоа и за што ги трошат вложените пари - овој пат своите стории ги раскажаа стартапите што имаат добиено инвестиции од приватни фондови и акцелератори од регионот, Европа и САД.

Нема противречност во тоа што Трамп си составува тим чие заедничко богатство може да вреди 35 милијарди долари, иако водеше кампања со која бараше поддршка од белите американски „пролетери“. Последните избраа милијардер за претседател, а милијардерот сега избира „браќа и сестри по пари“ за свои соработници, со логика дека ако знаеле толку добро да заработат, сигурно ќе имаат што да им понудат на Американците во делот на политиките. Она што реално е проблематично во екипирањето на кабинетот на Трамп, е што таму има и луѓе обвинувани за расизам, скептици во однос на ЕУ, поддржувачи на политичари како Марин ле Пен...

XX Стр. 8

XX Стр. 16

XX Стр. 40

Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје l Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31 l П. ФАХ 503, 1000 Скопје l Директор и одговорен уредник: Љупчо Зиков l Печати: Графички центар Скопје, ул. Скупи бб, 1000 Скопје l Тираж: 3.000 примероци l Датум на печатење: 01.12.2016


www.kapital.mk

Капитал број 891 25.11.2016

PROFILE 4 PROFILE

ЕВРОКОМИСИЈАТА

ЕУ ДА СТАНЕ ВОЕ

E

Европската комисија сака државите членки на Европската унија да одвојуваат повеќе средства за одбрана и предлага создавање европски фонд за одбрана и за други дејства за помагање на ефективното трошење на парите од државите на ЕУ за потребите на заедничките одбранбени способности, за зголемување на безбедноста на европските граѓани и за поттикнување на конкурентна и иноваторска индустриска база, соопштија од пресцентарот на ЕК.

Европскиот план за дејствување во областа на одбраната, одобрен од Комисијата, е конкретен израз на новите предизвици. ЕК реагира на ризичната ситуација во источна Европа и на победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД. Комисијата го зема предвид фактот дека последните десет години расходите за одбрана од државите на ЕУ останале на постојните рамништа од околу 200 милијарди евра. Поради потенцијалната несигурност што произлегува од изборот на Трамп, Европејците ќе треба да плаќаат повеќе пари за одбрана. САД одвојува три пати повеќе средства за оваа цел отколку целата ЕУ, а Трамп изјави дека Америка може да биде порезервирана во НАТО, па дури и да се повлече, односно, оти може да запре да ја помага безбедноста на Европа. Моментално активно се анализира сè околу евробуџетот 2017, и најсериозен

акцент се промените на планот на одбраната. Дојче Веле потсети дека претседателот на ЕК, Жан-Клод Јункер, во септември извести дека до крајот на годината ќе се создаде Европски фонд за одбрана. Европските индустрии за оружје и воена опрема треба да ја засилат соработката, што е можност да се реализираат економии меѓу 25 и 100 милијарди евра годишно, смета Јункер. Европскиот фонд за одбрана ќе биде за помагање на инвестициите во заеднички истражувања и заеднички развој на одбранбена техника и технологии. Тој ќе вклучува два „прозорци“ што взаемно ќе се надополнуваат, но ќе се разликуваат по правната структура и изворите на средства. Првиот (прозорец) е „Научни истражувања“, за финансирање на заеднички истражувања во областа на иновативните одбранбени технологии, како електрониката, софтвер за криптирање, роботиката, развојот на

РИЗИК: ПОБЕДАТА НА ТРАМП ЈА ПОТТИКНА ЕВРОП


www.kapital.mk

Капитал број 892 02.12.2016

5

ИМА ПЛАН

ЕНА СУПЕРСИЛА Иако во официјалното соопштение од ЕУ се вели дека планот не води кон создавање армија на Унијата или кон удвојување на НАТО, но безбедносните ризици и особено ставовите на Трамп дека Европа недоволно плаќа за САД да ја брани, ја натераа ЕК да размислува за одбранбени алтернативи понезависни од Америка

материјали... ЕК веќе предложи 25 милиони евра за истражувања во областа на одбраната како дел од буџетот на ЕУ за 2017 година, и очекува овие средства да пораснат до 90 милиони евра во 2020 година. Во рамките на долгорочната финансиска рамка на ЕУ за периодот по 2020 година, ЕК планира да предложи специјална програма за научни истражувања во областа на одбраната со буџет од околу 500 милиони евра годишно. Вториот „прозорец“ е „Способности“, и ќе функционира како финансиски инструмент што ќе им дозволи на

државите членки да купуваат одредени активи заедно, за да ги намалат своите расходи. На пример, државите членки ќе можат да инвестираат заедно во дронови или да купуваат хеликоптери „на големо“, за да ги намалат расходите. За овој „прозорец“ би требало да се мобилизираат околу 5 милијарди евра годишно. Понатаму, Комисијата предлага да се поттикнуваат инвестициите во малите и средните компании, стартапите ... и другите добавувачи на одбранбената индустрија. Институцијата ќе ги поддржува активностите на Европската

ПА ДА СОЗДАДЕ СВОЈА ОДБРАНА

инвестициска банка за подобрување на пристапот до финансирање за синџирите на достава во областа на одбраната. На трето место ЕК предлага да се зацврсти единствениот пазар во областа на одбраната. Комисијата ќе ги подобри условите за отворен и конкурентен пазар во оваа област во Европа, за да им помогне на здружените компании да работат надвор од националните граници, а на државите на ЕУ, да добиваат колку што е можно поголема исплатливост на вложените средства во јавни набавки од областа на одбраната.

nnn


www.kapital.mk

Капитал број 892 02.12.2016

6

НАВИГАТОР

> БРОЈКА

СИНЕРГИЈА НА ТИМОВИ ОД I&F MCCANN ГРУПАТА

199,08

енаџерите и креативците на агенциите од Нордискиот регион кои се дел од I&F McCann Група во чии рамки работи и Меккен Скопје, го посетија седиштето на компанијата во Белград и разговараа за понатамошните планови за развој, заедничките проекти и разменуваа искуства. Основачот на компанијата, Срѓан Шапер, вели дека ова е првата посета од кога I&F McCann Група ги презема агенциите во Норвешка, Шведска, Данска и Финска. „Со овој состанок Белград стана важна точка

милиони евра изнесува салдото на странски инвестиции во првите девет месеци годинава, покажуваат податоците од Народната банка

М

на европската креативна мапа. На нас е да го искористиме големиот потенцијал за нашите земји, за индустријата која ја претставуваме, за сите вработени, и секако, за нашите деловни партнери. Синергијата на северот и југот ќе и додаде дополнителен квалитет на I&F McCann Група која работи речиси 20 години‘‘, рече Шапер. Првиот човек на една од водечките дизајнерски компании Scandinavian Design Group, која работи во рамките на I&F McCann Група, Ханс Мартин Мегард, изјави: „Срѓан Шапер со својот

СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА И ВЛАД НАГРАДИ ОД “GLOBAL BANKING & FIN WORLDWIDE” ЗА НАЈДОБРА БАНКА И

С

топанска банка а.д. Битола годинава втора година по ред е избрана од страна на “Global Banking & Finance” за: “Најдобра банка за работа со правни лица 2016„, “Најдобра банка за работа со физички лица 2016„, додека на Претседателот на Управниот Одбор, Владимир Ефтимоски, му е доделена наградата „Најдобар главен извршен менаџер во банкарскиот сектор за 2016„. Дополнително, оваа година Претседателот на Управниот Одбор на Стопанска Банка а.д Битола, Ефтимоски, од страна на меѓународниот финансиски магазин “The Business Worldwide” доби уште две престижни награди:„Најдобар главен извршен менаџер во банкарскиот сектор во Македонија за 2016„, и„Најиновативен извршен директор за Македонија за 2016 година„. “Global Banking & Finance” и финансискиот

магазин “The Business Worldwide” се едни од водечките светски извори на авторитативна анализа на меѓународниот финансиски и банкарски сектор. Се читаат во повеќе од 200 земји и претставуват едни од главните извори на информации за клучните фактори на одлучување во финансиското работење. Својот углед го базираат на објективност, влијание, интегритет и точност во информирањето. Искусни економски новинари, ажурно и секојдневно пренесуваат вести од банкарскиот сектор, брокерските работи, фондови, менаџмент на богатство, корпоративно владеење, спојувања и превземања… се под еден глобален чадор. При одлучувањето за доделување на наградите на Претседателот на Управниот Одбор на Банката, Ефтимоски, жирито

на финансискиот магазин “The Business Worldwide”, кој има преку 62,000 читатели, се раководеше од повеќе критеритуми, помеѓу кои: визија и инспирација; иновативност и креативност; успешност; стратегија за развој; лидерство; стил, посветеност и ангажираност; општествена одговорност и експертиза. Наградите кои му беа доделени на директорот Ефтимоски беа објавени и на портали и онлајн сервиси какоReuters,


www.kapital.mk

Капитал број 892 02.12.2016

7 ОД НОРДИСКИОТ И ОД РЕГИОНОТ НА ЈИЕ тим изгради силен систем во Југоисточна Европа. Тоа за нас е инспирација и цел истото да го направиме и со агенциите во Нордискиот регион и со тоа заедно да станеме уште поуспешни во светски рамки‘‘. „Синергијата на македонската темпераментност и скандинавската свежина ни отвора нови креативни хоризонти кои нашиот тим во Скопје максимално ќе умее да ги искористи. Европската експертиза на новите колеги од северот дополнително

го зајакнува нашето локално знаење што ни овозможува да ја дадеме најдобрата услуга, најрелевантиот креативен производ и да бидеме секогаш чекор пред другите‘‘, вели Влатко Димовски, оперативен директор во I&F McCann Група, одговорен за Адриатик регионот. I&F McCann Група работи речиси 20 години на 12 пазари во Југоисточна и северна Европа со 58 милиони жители и вработува повеќе од 600 талентирани професионалци.

лидери

ДИМИР ЕФТИМОСКИ СО NANCE” И “THE BUSINESS И НАЈДОБАР МЕНАЏЕР Од Банката велат дека овие награди се признание за Стопанска Банка а.д Битола и за нејзиниот менаџер, за континуираните напори кои се вложуваат во насока на стабилно и профитабилно работење, како и развој на иновативни проекти и производи, како платежни картички со безконтактно плаќање, модерно електронско банкарство, нова веб страна, Mobipay. Marketwatch, Bloomberg terminals, Dow Jones, LexisNexis, Yahoo News!, CNBC и Forbes. Овие награди се признание за Стопанска Банка а.д Битола и за нејзиниот менаџер, за континуираните напори кои се вложуваат во насока на стабилно и профитабилно работење, како и развој на иновативни проекти и производи, како платежни картички со безконтактно плаќање, модерно електронско банкарство, нова веб страна, Mobipay. Наградите, пак, кои ги доделува “Global Banking & Finance”, во меѓународните банкарски и финансиски кругови, претставуваат мерило за просперитет и релијабилност, важејќи за точен индикатор на водечките организации во светот. Со добивањето на престижните награди за 2016 година, втор пат по ред, од страна Global Banking & Finance, продолжува меѓународната верификација на успешната приказна на Стопанска Банка а.д. Битола. Почнувајќи од 2013 година, банката во континуитет го подобрува своето работење. Сериозно се инвестира во развојот на дистрибутивната мрежа и во подобрувањето на квалитетот на услугите за клиентите, преку анализа на нивните барања се со цел креирање на понуда и услуги според нивните потреби. Како резултат на ваквите напори, Банката постојано во континуитет го зголемува бројот на клиенти и заклучно со Септември

2016 истата бележи раст од 8,65% во однос на 2013, ја зголемува депозитната база, која во споредба со 2013 е зголемена за 27,58%, а обемот на бруто кредити за 64,44% заклучно со Септември 2016. Стабилниот и континуиран раст на кредитното портфолио на банката овозможи раст на приходите од камати за 23,69% во 2014, односно 15,04% во 2015, раст на приходите од провизии за 10,47% во 2014, односно 12,28% во 2015, раст на приходите од курсни разлики за 70,04% во 2014 односно 60% во 2015 со што вкупниот нето оперативен приход континуирано расте и тоа за 41,34% во 2014, односно 14,66% во 2015 година. Постојаните заложби на Банката за раст на работењето овозможи пораст на бројот на вработени за 40,96% во однос на 2013. Доброто управување со трошоците од секојдневното работење и прудентното управување со ризиците, заклучно со Септември 2016, придонесе за раст на вкупната актива на банката за 32,50% и намалување на нефункционалните кредити за 80% во однос на 2013 година. Заклучно со Септември 2016 година, учеството на нефункционалните кредити во бруто кредитното портфолио на банката изнесува 2,80%, додека стапката на покриеност на нефункционланите кредити со исправката на вредноста изнесува 125,90%.

nnn

СУНДАР ПИЧАИ

Вештачката интелигенција на Google веќе може да преведува и јазици на кои програмерите не ја „научиле“

БИЛ ДЕ БЛАСИО

градските власти во Њујорк создадоа дигитална мапа на сите дрва во метрополата и го пресметаа економскиот ефект од секое дрво

не им беше неделата

СЕБАСТИЈАН КУРЦ

шефот на австриската дипломатија се соочи со критики од европски политичари и од австрискиот печат за учеството на митингот на ВМРО-ДПМНЕ

РЕЏЕП ТАИП ЕРДОГАН

на барањата од ЕУ поврзани со турската евроинтеграција, одговара заканувајќи се со нов голем бегалски бран


www.kapital.mk

Капитал број 892 02.12.2016

8 COVER STORY ШТО БАРА БИЗ НАВРЕМЕНО ПЛАЌАЊЕ НА ОБВРСКИТЕ НА ДРЖАВАТА НАМАЛУВАЊЕ НА БИРОКРАТИЈАТА ИНВЕСТИЦИИ ВО ИНФРАСТРУКТУРАТА СУБВЕНЦИНИРАЊЕ И НА ДОМАШНИТЕ ИНВЕСТИТОРИ СПРАВУВАЊЕ СО СИВАТА ЕКОНОМИЈА

ДОМАШНИТЕ ОЧЕКУВААТ И КАКО И СТ Многубројни се мерките што бизнис секторот ги бара од новата власт веднаш по завршувањето на изборите на 11 декември и меѓу другите вклучуваат навремено плаќање на обврските на државата кон приватните фирми, намалување на бирократијата, инвестиции во патната, железничката и енергетската инфраструктура на земјата, но речиси сите менаџери со кои разговаравме, прво што посочија е еднаков третман на


www.kapital.mk

Капитал број 892 02.12.2016

9 ЗНИСОТ ОД НОВАТА ВЛАДА!?

ИНВЕСТИТОРИ ИСТ ТРЕТМАН ТРАНСКИТЕ! домашните фирми со странските инвеститори. Двете најголеми политички партии, ВМРО – ДПМНЕ и СДСМ во изборните програми дел од проектите ги предвидуваат за домашните компании, но додека ВМРО – ДПМНЕ повторно предност им дава на странските инвеститори со неколку нови проекти во кои што не ги исклучува домашните компании, СДСМ се позиционира како доминантен поддржувач на домашниот бизнис сектор.


www.kapital.mk

Капитал број 892 02.12.2016

10

COVER STORY

Н

ФАТМИР БИТИЌИ

извршен директор на Стопанската комора на Северозападна Македонија

овата Влада мора нејзините политики да ги насочи кон домашните мали и средни претпријатија, бидејќи само тие реално можат Македонија да ја извлечат од оваа кревка економска положба. Да се донесе среднорочна стратегија за економски развој во која најголемо внимание ќе се посвети на развојот на домашните компании и start up бизниси како клучни актери во понатамошниот развој. Деловната заедница не сака многу од политиката, туку само да се овозможи да функционира слободниот пазар во поширока смисла на зборот, фер конкуренција и насочување на државните ресурси и кон домашните инвеститори.

пишува:

Александар Јанев

М

aleksandar.janev@kapital.mk

Многубројни се мерките што бизнис секторот ги бара од новата власт веднаш по завршувањето на изборите на 11 декември и меѓу другите вклучуваат навремено плаќање на обврските на државата кон приватните фирми, намалување на бирократијата, инвестиции во патната, железничката и енергетската инфраструктура на земјата, но речиси сите менаџери со кои разговаравме, прво што посочија е еднаков третман на домашните фирми со странските инвеститори. Велат, кога доаѓа странски инвеститор половина од министрите се креваат на нозе да им обезбедат најдобри услови за водење бизнис, од отворање на фирмите, државна помош за градење на фабриките и ослободување од речиси сите даноци, царини и придонеси, што не е случај кога домашна компанија отвора фабрика. Извршниот директор на Стопанската комора на Северозападна Македонија, Фатмир Битиќи, вели дека новата власт

В МИТКО АЛЕКСОВ

извршен директор на Сојуз на стопански комори

мора да преземе повеќе мерки што се толку итни, што „би требало да се преземат уште вчера, а не утре“. “Новата Влада мора нејзините политики да ги насочи кон домашните мали и средни претпријатија, бидејќи само тие реално можат Македонија да ја извлечат од оваа кревка економска положба. Да се донесе среднорочна стратегија за економски развој во која најголемо внимание ќе се посвети на развојот на домашните компании и start up бизниси како клучни актери во понатамошниот развој. Тоа би требало да е клучниот фокус на новата Влада. Деловната заедница не сака многу од политиката, туку само да се овозможи да функционира слободниот пазар во поширока смисла на зборот, фер конкуренција и насочување на државните ресурси и кон домашните инвеститори“, вели Битиќи. Тој додава дека меѓу другото, се подразбира дека од новата власт се очекува да биде транспарентна и отчетна како основни принципи на функционирање на една демократска држава. Дека домашните фирми треба да бидат приоритетни за новата власт смета и извршниот директор на Сојузот на стопански комори, Митко Алексов. „Во фокусот на новата Влада, треба бидат домашните компании и инвестирање во нивниот развој како генератори на економскиот раст на националната економија. Потребно е да се овозможи функционален механизам за справување

о фокусот на новата Влада, треба бидат домашните компании и инвестирање во нивниот развој како генератори на економскиот раст на националната економија. Потребно е да се овозможи функционален механизам за справување со сивата економија, од каде нема придонес во буџетот преку плаќање на даноци и придонеси. Сивата економија претставува директна нелојална конкуренција на македонските компании која го руши развојот на стопанството во Македонија.

со сивата економија, од каде нема придонес во буџетот преку плаќање на даноци и придонеси. Сивата економија претставува директна нелојална конкуренција на македонските компании која го руши развојот на стопанството во Македонија“, вели Алексов. Генералниот директор на компанијата Факом, Златко Симоновски, исто така смета дека клучната промена во економската политика на новата Влада треба да биде поголема наклонетост на домашните фирми како главни носители на економскиот раст. „Прва работа што мора да се промени е целиот економски модел затоа што вака како што се поставени политиките, очигледно не генерираат висок економски раст. Потребно е да се донесат повеќе мерки во насока на подобрување на условите за водење на бизнис, односно за зголемување на конкурентноста на домашните фирми. Ние немаме ништо против странските директни инвестиции, меѓутоа, новата власт мора да обезбеди еднакви услови за работење и на домашните компании бидејќи сепак тие се многу побројни и главни носители на растот. Мерките би требало да се насочат особено кон поттикнување на извозот, а за да се постигнат најдобри резултати, властите мора да имаат слух за проблемите со кои што се соочува бизнисот и врз основа на тоа да креира политики“, вели Симоновски. Универзитетскиот професор Марјан Петрески, исто така вели дека е време да настане благо свртување од ексклузивно


www.kapital.mk

Капитал број 892 02.12.2016

11 субвенционирање на странските директни инвестиции кон субвенционирање и на домашните фирми. „Тоа може да се направи ако владата размисли за програма во која ќе ја стимулира домашната додадена вредност, односно субвенции за фирми кои одреден процент од своите репроматеријали ги купуваат на домашниот пазар. Ваква мерка би била независна од сопственоста на фирмата, па ако странските инвеститори може повеќе да се поврзат со домашната економија, тогаш тие нека добиваат поголеми субвенции“, вели Петрески. Според него, владата мора да да отвори општествена дебата за економските приоритети - што да се финансира во рамки на буџетското ограничување: дали тоа би биле инфраструктурни објекти, дали би ги финансирале иновациите и start up бизнисите, или и понатаму да ги зголемуваме тековните трошења. „За што и да се договориме дека ќе финансираме, мора да постои максимална транспарентност во трошењето на јавните пари. А во делот на јавните финансии, неопходно е веднаш да се отпочне со фискална консолидација, за што доволно ќе биде придржување кон Фискалната стратегија 2017 – 2019 година“, потенцира Петрески.

Бизнисмените исто така посочуваат дека парите што ги собираат властите од даноци, придонеси и царини, како и тие што ги позајмуваат, мора да ги трошат попродуктивно. „Очекуваме конструктивен пристап кон инфраструктурни проекти според реалните потреби на економијата или протокот на луѓе и стоки и секако намалување на влијанието на државата врз целокупната економија. Иако се пропагира дека сме настроени кон економски раст и развој, ние не успеавме да имаме раст кој ќе биде на ниво од 5%-6% со кој би се оживеала или “преродила” економијата. Растот просечно во последните години се движи околу 2,5%, за кој ние сме скептични дека е реален. Очигледно е исто така дека голем дел од растот на БДП се должи на градежништвото, односно фамозниот проект Скопје 2014 и некои други инфраструктурни проекти, кои реално не и помагаат на економијата на долг рок. Оваа инфузија со народни пари некој ден ќе се потроши, па прашањето е што потоа“, истакна Битиќи. На прашањето колку бизнисмените им веруваат на ветувањата што во изборната кампања ги даваат политичарите, повеќето од нив одговорија дека тоа се нереални и повеќе популистички мерки што искуството покажа дека ретко се реализираат.

Домашните фирми во фокусот на партиските програми

Двете најголеми политички партии, ВМРО – ДПМНЕ и СДСМ во своите изборни програми се фокусираат на економијата. Меѓутоа, општ впечаток е дека додека ВМРО – ДПМНЕ повторно предност им дава на странските инвеститори со неколку нови проекти во кои што ги вклучува и домашните компании, СДСМ се позиционира како доминантен поддржувач на домашните фирми. ВМРО – ДПМНЕ на повеќе страници во изборната програма пишува за резултатите од привлекувањето на странските инвеститори досега, и наведува дека во периодот 2017-2020 година ќе продолжи со втората фаза на интензивна изградба на ТИРЗ со динамика согласна со интересот на инвеститорите. Исто така, планира продолжување на промоцијата на земјата во странство, повеќе роуд шоуа и промотори. Меѓутоа, партијата истакнува дека малите и средните претпријатија, како носители на економскиот развој и посебно на креирањето на работни места, остануваат во фокусот на економските политики. Пакетот реформи во овој сегмент вклучува воведување народен правобранител


www.kapital.mk

Капитал број 892 02.12.2016

12

COVER STORY

П

рва работа што мора да се промени е целиот економски модел затоа што вака како што се поставени политиките, очигледно не генерираат висок економски раст. Потребно е да се донесат повеќе мерки во насока на подобрување на условите за водење на бизнис, односно за зголемување на конкурентноста ЗЛАТКО на домашните фирми. Ние СИМОНОВСКИ немаме ништо против странските генерален директор на Факом директни инвестиции, меѓутоа, новата власт мора да обезбеди еднакви услови за работење и на домашните компании бидејќи сепак тие се многу побројни и главни носители на растот.

за бизнис – канцеларија каде што бизнисмените ќе можат да ги презентираат своите потреби, иницијативи и идеи. Бизнис Омбудсманот директно пред Владата ќе ги презентира барањата и потребите на фирмите. Еден од новите проекти на партијата во изборната програма кој не ги исклучува и домашните инвеститори е Рестартирање на стопанските капацитети – жртви на транзицијата. Партијата предвидува преку Законот за контрола на државната помош да им се овозможи на инвеститори да рестартираат некоја од 320 пропаднати компании во процесот на транзицијата. „Овие компании се во одмината фаза на стечај, ликвидација или се веќе преземени од доверителите и се предмет на извршување кај различните доверители. Предвидено е на идните инвеститори по стекнување на сопственост на имотот од друштвата да им се понуди државна помош со цел креирање на поголем број работни места, со посебен акцент на ангажман на поранешните вработени- стечајците“, предвидува ВМРО – ДПМНЕ. Според деталите во програмата, планот за рестартирање на овие фабрики предвидува по 2 илјади евра помош за инвеститорот за отворање на ново работно место, а доколку е стечаец, 4.000 евра за секое ангажирано лице под услов да биде задржан на работа минимум 5 години. Освен тоа, се предвидува и готовински грант во зависност од инвестицијата во износ од 10% од вкупната инвестирана вредност, но

В МАРЈАН ПЕТРЕСКИ универзитетски професор

не повеќе од 500.000 евра; ослободување од плаќање на данок на добивка во период од две години; ослободување од плаќање на персонален данок и социјални придонеси во период до 3 години, доколку вработените лица ги задржи на работа најмалку уште 3 години. Меѓу компаниите опфатени со овој проект се Охис Скопје, Центро Скопје, дел од МЗТ, Хемтекс Скопје, Зора Гевгелија, Млаз Богданци, Јака Табак Радовиш, Фабрика за Кабли Неготино, Фринко Битола, Еуро Ламинати Прилеп, Типо Скопје, Жито Вардар Велес, Жито Скопје, Жито Вардар Велес и многу други. Буџетот за реализирање на овој проект се проценува на 7 милиони евра. Друг проект во кој може да се вклучат домашните инвеститори и притоиа да добијат слични даночни олеснувања како и странците во ТИРЗ, е отворање рурални развојни зони. Во овие рурални зони се предвидуваат даночни и други ослободувања, слични, но и повисоки од оние во слободните економски зони, како и финансиска помош, за отворање бизнис во руралните подрачја. Според планот, ќе бидат поддржани инвестиции во индустриски капацитети, откупно- дистрибутивни центри, хотели со минимум 20 соби, пензионерски домови, спа - центри, болници и спортско - рекреативни центри. Инвеститорите ќе имаат обврска најмалку 80% од вработените да бидат нововработени луѓе коишто биле евидентирани како невработени во АВРМ подолго

реме е да настане благо свртување од ексклузивно субвенционирање на странските директни инвестиции кон субвенционирање и на домашните фирми. Тоа може да се направи ако владата размисли за програма во која ќе ја стимулира домашната додадена вредност, односно субвенции за фирми кои одреден процент од своите репроматеријали ги купуваат на домашниот пазар. Ваква мерка би била независна од сопственоста на фирмата, па ако странските инвеститори може повеќе да се поврзат со домашната економија, тогаш тие нека добиваат поголеми субвенции.

од 6 месеци. Притоа, се предвидува ослободување од данокот на добивка, персонален данок за период од 10 години; ослободување од плаќање социјални придонеси во висина од 50% за период од 10 години; ослободување од надомест за уредување на градежно земјиште продажба на државно неизградено градежно земјиште по почетна цена од 1 евро по квадратен метар; финансиска помош при изградба на нов објект во износ од 20% од вредноста на инвестицијата, но најмногу до 500.000 евра по инвестиција; ослободување од царина и ДДВ за увезената опрема за реализација на инвестицијата; грант за креирање на работни места – 2.000 евра за невработено лице евидентирано во АВРМ подолго од 6 месеци, и 4.000 евра за вработување стечаен работник. Од мерките за бизнисот, оваа партија се обврзува дека ќе го поедностави и ќе ја зголеми ефикасноста на инспекцискиот надзор, преку консолидација на инспекциските служби и поедноставување на законодавството и намалување на бројот на инспекциските надзори. Планира и воведување бесплатни совети за фирмите од даночната област, воспоставување на попредвидливо даночно и регулаторно опкружување. ВМРО – ДПМНЕ меѓу своите проекти наведува и дека ќе подготви нова стратегија за развој на мали и средни претпријатија, нова стратегија за женско претприемништво. Со цел зголемување на конкурентноста на



www.kapital.mk

Капитал број 892 02.12.2016

14

COVER STORY

малите и средните претпријатија, ВМРО – ДПМНЕ планира поголема поддршка преку МБПР. Еден од проектите е обезбедување дополнително пари од Земјоделски Кредитен Дисконтен Фонд од 4 милиони евра. Меѓу другите, партијата планира подобрување на условите од кредитната линија за производство, преработка и извоз на земјоделски производи а на располагање ќе бидат 10,8 милиони евра. Се предвидува и осигурување на кредити за подготовка на извоз, и репласирање на 101 милиони евра од кредитната линија од Европската инвестициска банка (ЕИБ). СДСМ во својата програма пак, пишува дека „економијата не може да успее со сегашниот модел на развој кој се базира на странски инвестиции, ниски плати и државни инвестиции во фасади, споменици и административни згради“. „Нашиот модел на развој се базира врз поддршка на домашните претпријатија, раст на продуктивноста и долгорочни инвестиции. За нас странските инвестиции се дополнување на домашните, но не и нивна замена“, се потенцира во програмата алудирајќи на нееднаквиот однос меѓу странските и домашните инвеститори на кој што досега се жалеа менаџерите на македонските компании. „Развојот на домашните претпријатија, пред сè на малите и средните претпријатија, ќе биде наш приоритет. Годишната државна поддршка за поттикнување на домашните претпријатија ќе изнесува 20 милиони евра во првата година, а ќе достигне 50 милиони евра во последната година од мандатот. Овие средства ќе бидат дополнети со надворешни кредитни линии, како на пример од Европската инвестициона банка“, наведува СДСМ. Еден од проектите за поддршка на домашните компании на СДСМ е финансирање на 25% од збирот на вкупниот трошок за инвестиција и бруто трошокот за секое ново работно место. „Поддршката ќе се одвива преку два канала: директна поддршка во износ од 1.000 до 2.000 евра, во денарска противвредност, врз основ на висината на платата за секое новоотворено работно место, каде работодавачот презема обврска да исплаќа бруто плата во период

од 2 години; и ослободување од плаќање на данок на добивка и имот во наредните 5 години. Вкупно искористените средства по двата основа не може да надминат 25% од збирот на трошоците за инвестицијата и бруто платата за првите две години за новите вработени“. СДСМ ветува и дека ќе овозможи намалување на каматната стапка на кредитната линија од ЕИБ од сегашните 5,5% на 3% годишно. „Во моментните услови на пазарот,каматна стапка од 5,5% не може да се третира како поддршка“, пишува во програмата на СДСМ. Развојот на малите и средни фирми според СДСМ, неминовно е поврзан со пристапот до пари и за таа цел партијата меѓу своите проекти наведува докапитализација на Македонската банка за поддршка на развојот (МБПР) и зголемување на нејзината улога во економијата. Притоа партијата планира да основа гарантна шема преку МБПР за два поединечни производа - инвестициски кредит за секоја компанија која може да обезбеди 15% сопствено учество за инвестициски проект, државата преку МБПР да обезбеди гаранција во висина од 75% од инвестицијата, а 10% да останат ризик на банката; и кредит за обртни средства односно државна гаранција за секоја мала или средна фирма која има потреба од краткорочен кредит за обртни средства до износ од 30.000 евра, со рок на отплата до 1 година. Меѓу останатите проекти за финансиска поддршка на фирмите, СДСМ планира да воведе микро кредитна линија за поддршка на start up и микро компании до 10 вработени во висина до 15 илјади евра и кредитна линија „Заем за франшиза и мешовити инвестиции” до 50 илјади евра. „Поради помалите износи и ризикот деловните банки да немаат соодветен интерес за овие линии, тие директно ќе се реализираат преку МБПР“, предлага СДСМ. Освен тоа, СДСМ во програмата ветува основање на инвестициски фонд за вложување во start up бизниси и мали и средни фирми со малцинско учество на државата, а преку 51% да биде во приватна сопственост. Во програмата, СДСМ се задржува на

неколку болни точки што бизнисмените во последните неколку години ги посочуваа како најголеми проблеми. На пример, ветува дека владата и јавните претпријатија нема да доцнат во плаќањето на своите обврски по основа на склучени договори, набавени стоки или услуги. СДСМ се обврзува да ја оттргне политиката од економскиот живот преку низа мерки и измени на законите кои ќе значат минимизирање на можноста државните институции да ги уценуваат фирмите и планира да воведе постојана комуникација меѓу бизнис - заедницата и владата. Во врска со казнената политика, СДСМ потенцира дека превенцијата инспекциските служби нема да бидат инструмент за репресија и политички притисоци. „Прво – опомена за сторен прекршок; само при негово повторување – казна“, предвидува СДСМ. Во врска со странските директни инвестиции, СДСМ ветува дека ќе води активна и транспарентна политика на нивно привлекување. „Значењето на странските инвестиции го гледаме, пред сè, како пристап до нови технологии, знаења и нови пазари. Нашата политика ќе се разликува од сегашниот целосно нетранспарентен пристап базиран врз скапи реклами и белосветски патувања на владини функционери. Нашата политика ќе се базира на промоција на поволно и стабилно деловно опкружување, независни и професионални институции, високо ниво на демократска свест, ефикасен правен систем, квалификувана работна сила, активна политика на поддршка на инвестиции и даночни олеснувања. Без разлика на нашето несогласување со сегашната политика кон странските инвестиции, сите обврски кои се преземени кон постојните странски инвеститори целосно ќе се почитуваат, а преземаме обврска да ги објавиме сите склучени договори“, ветува СДСМ. Програмата на партијата предвидува во првите 100 дена да се направи детална cost/benefit анализа од вложувањата и придобивките од процесот на привлекување на странските компании за да се добие објективно согледување на ефектите од спроведените политики и ефикасно моделирање на идните мерки. nnn



Капитал број 892 02.12.2016

16

www.kapital.mk

STARTUP

МАКЕДОНСКИТЕ ПРЕТПРИЕМАЧИ ГИ СПОДЕЛИЈА СВОИТЕ ИСКУСТВА

КАКО ДО ПРВАТА ИНВЕСТИЦИЈА ВО СТАРТАПОТ И ШТО СО НЕА?

Паметен штекер, паметно капаче за резервоар за гориво, паметен дигитален асистент...Паметни идеи од паметни момци и девојки од Македонија успеваат да добијат пари од инвеститори кои што го препознаваат потенцијалот на нивните бизнис идеи. Како успеваат во тоа и за што ги трошат вложените пари - овој пат своите стории ги раскажаа стартапите што имаат добиено инвестиции од приватни фондови и акцелератори од регионот, Европа и САД.


www.kapital.mk

Капитал број 892 02.12.2016

17 пишува:

С Игор Петровски

igor.petrovski@kapital.mk

Слушajќи ја пред извесно време сторијата за патот до успехот на Алан Шаф, основачот на Imgur, една од најпопуларните онлајн платформи за споделување на слики, една работа падна во очи веднаш на почетокот од неговото сведоштво. Тој пред присутните млади претприемачи од Македонија, во Сеавус инкубаторот откри дека после неколку години мачење и развој на платформата со сопствени сили и нешто ситно спечалени пари, добил силна финансиска инјекција од 40 милиони долари, од познат американски инвестициски фонд што вложува во технолошки стартапи. Кај присутните во салата веднаш се појавија иронични насмевки на лицата и одмавнување со раката во стилот “А, бе ај...“ Сепак, не е баш така едноставно. Четириесет милиони не би ви дал никој доколку немате навистина производ што ветува. И одличен тим и визија, како што објасни потоа Шаф. Македонските претприемачи што го сонуваат успехот на Imgur и сличните нему приказни од богатиот Запад, барем тука во Македонија и регионот не може да се надеваат на вака “калорична“ финансиска порција, но има веќе десетина претприемачи од земјава што успеале да добијат поддршка во рангот од 100-150 илјади евра од регионални, европски, па и американски акцелератори и фондови. Милионските инвестиции остануваат цел што допрва треба да се освои. Разговаравме со некои од овие дечки. Митко Цабевски е добро познат лик во стартап заедницата во Македонија. Човекот стои зад проектот u:Plug ,“паметниот штекер“ односно полнач за мобилни уреди и “гаџети“, кој што ја полни батеријата побрзо и поефикасно, преку два УСБ портови. Цабевски го развиваше производот во партнерство со хрватски стартап, заради, како што има објаснето во повеќе прилики, предностите што ги нуди тамошниот пазар како дел од ЕУ. Тој вели дека засега продажбата оди мошне солидно. “Производот е достапен на нашата веб страна и може да се купи во секое време. Од скоро успеавме да договориме и со Хрватски Телеком да се продава и во нивните продавници ширум Хрватска. Плановите се и во иднина да продолжиме со развој на продажната мрежа, конкретно со познати дистрибутивни синџири во Европа кои ќе до пласираат u:Plug во нивните продавници.“, вели Цабевски.

Паметен штекер Паметниот штекер на Fueloyal, стартапот на Игор Христов, доби финансиска поддршка од американскиoт акцелератор TechStars. Паметен асистент Letz, паметниот дигитален асистент создаден од македонски “стартапџии“, ја доби првата финансиска поддршка во Македонија од регионалниот инвестициски фонд SCV Паметно капаче u:Plug, паметното капаче на Митко Цабевски и неговите партнери од Хрватска, доби инвестиција од бугарскиот акцелератор Eleven

Од скица до готов производ со помош на акцелератор

u:Plug има добиено инвестиција од бугарскиот акцелератор и “venture capital” фонд (инвестициски фонд што вложува во стартапи или мали и средни фирми со висок потенцијал за раст, н.з.) Eleven, од 150 илјади евра. “Парите ги добивме во три фази кои беа поврзани со нашиот развој и планови“, објаснува Цабевски. “Секоја од траншите ја добивавме врз основа на претходните успешно завршени задачи, односно цели што ги исполнувавме. Инвестицијата ја употребиме за доведување на u:Plug практично од скица до готов производ. Најголем дел од парите ги употребивме за развој на штекерот, производство и маркетинг“, додава тој. Eleven бил нивниот прв, а досега и единствен избор за надворешна инвестиција. Соработката со овој акцелератор/фонд, а во принцип така оди процедурата и за останатите организации од овој вид во регионот и во Европа, почнува со апликација на некој од нивните редовни повици за инвестирање. “Апликацијата е доста детална и содржи низа прашања кои треба навистина сериозно да се одговорат за да се помине првичниот филтер. Почнувајќи од идеја, пазар, реализација, бизнис план, маркетинг план, детали за продуктот, планови за

скалабилност (можноста за значителен раст и експанзија што не мора да значи и пропорционално зголемување на трошоците, н.з.) и секако референците на тимот кој стои зад целата приказна. Од оваа дистанца мислам дека нашата храброст да создадеме физички производ практично од ништо беше пресудно Eleven да ја препознае нашата определба и упорност.”, вели Цабевски за искуството на неговиот стартап со првата инвестиција од надвор.

“Паметното“ капаче паметно се пресели во САД

Во еден од минатите броеви пишувавме за Игор Христов, основач на стартапот 4virtus и проектот Fueloyal, кој што во моментов е во САД, во њујоршкиот огранок на Techstars, една од најголемите мрежи на акцелератори во светот. Во програмата се до средината на јануари следната година, кога ќе имаат демонстрација на својот продукт, а потоа ќе се подготвуваат за првата поголема инвестиција. Случајно, и Fueloyal всушност е македонско – хрватски проект, се работи за “паметно“ капаче за резервоарите за гориво, наменето за транспортните компании, преку кое што ќе може да ја контролираат внесената количина на гориво во возилата, и да спречат злоупотреба, односно кражби на истото. Капачето iCap 1000 веќе беше пласирано на пазарите во САД и Канада, со него се намалуваат трошоците, се врши контрола во реално време, а до системот може да се пристапи од компјутер или мобилен телефон. Христов за Капитал објасни дека Продажбата на Fueloyal e затворена со првата количина од првата верзија, но сега многу работи менуваат во компанијата, и


www.kapital.mk

Капитал број 892 02.12.2016

18

STARTUP

150

МИТКО ЦАБЕВСКИ

u:Plug, паметен штекер и полнач

-те илјади евра од бугарскиот акцелератор Eleven ги добивме во три фази поврзани со нашиот развој и планови. Секоја од траншите ја добивавме врз основа на претходните успешно завршени задачи, односно цели што ги исполнувавме. Инвестицијата ја употребиме за доведување на u:Plug практично од скица до готов производ. Најголем дел од парите ги употребивме за развој на штекерот, производство и маркетинг.

мериканскиот акцелератор TechStars вложи 120 илјади долари во нашиот проект, со цел да се подготвиме што подобро за презентација пред поголемите инвеститори што треба да се случи наскоро. ИГОР Акцелераторите, како ХРИСТОВ и сите други бизниси, Fueloyal, паметно капаче за резервоари се ориентирани кон за гориво една единствена цел - а тоа е од вас да направат успешна приказна и истата да ја продадат.

почнуваат цела една нова приказна. “Придобивките од учеството во акцелераторот TechStars е непроценливо за нас, мрежата од инвеститори – приватни и институционални – брои преку 1.500, ментори кои што само на сон може да ги најдеме“, вели Христов.

Инвестиција од 120 илјади долари

А

Тој вели дека TechStars има вложено 120

илјади долари во нивниот проект, со цел да ги подготви за што подобра презентација пред поголемите инвеститори што треба да се случи на почетокот од следната година. Како се случи Fueloyal да биде дел од овој акцелератор? “Добивме покана за учество уште кога го отворија TechStars Berlin, минатата година. Ние испративме официјална апликација, меѓутоа тие бараа да бидеме присутни

Н

ТЕДИ ПЕЈОСКИ G6, мобилни апликации

ие добивме награда од 100 илјади долари од Samsung пред 4 години за наша мобилна апликација. Дел од парите инвестиравме во развој на други продукти, а пробавме и кај државниот Фонд за иновации, но без успех. На Македонија и се потребни повеќе успешни, но и неуспешни стартап стории што ќе ги споделат своите искуства и сите ќе учат од нивните грешки.

три месеци внатре во акцелераторот. Во тој момент бевме во фаза на развивање на нашиот производ и не беше возможно да заминеме на три месеци. Освен тоа, пазарот кој го таргетираме не е европскиот, туку американскиот, поради што заминувањето во Берлин не ни беше приоритет“, вели Христов Во меѓувреме добиле уште една покана, овојпат за програма во просториите на



www.kapital.mk

Капитал број 892 02.12.2016

20

STARTUP

TechStars во Њујорк. Бидејќи колега од тимот веќе бил во САД, остварил средба со нив, по која што ги известиле дека се вклопуваат во две од нивните програми: за мобилност и за IoT односно Internet of things (Интернет на нештата). Официјалната програма почна сега во октомври 2016 и ќе трае до јануари 2017. “Акцелераторот добива удел во вашата компанија, а од нивниот инвестициски фонд вие добивате одредени средства. Оние пари што ги добивате се доволни колку вие да го преживеете почетокот од лансирањето на вашата компанија, но многу позначајно е искуството кое го стекнувате преку активностите таму и мрежата во која ве вклучуваат. Акцелераторите, како и сите други бизниси, се ориентирани кон една единствена цел - а тоа е од вас да направат успешна приказна и истата да ја продадат.“, објаснува Христов.

Зборувачи и правачи

Теди Пејовски, е уште еден интересен лик од македонската стартап сцена. Млад претприемач, кој за себе вели дека e постојано во потрага по нови предизвици и креативни решенија. Основач е на стартапот за мобилни и веб софтверски решенија G6, кој што во 2012 година доби прва награда вредна 100 илјади долари од Samsung на натпреварот за мобилни апликации, за апликацијата Crack Your Screen, која што досега има над 18 милиони симнувања од интернет и Пејоски верува дека е најпопуларниот производ од овој тип што излегол од софтверска фирма од регионов. “Симнувањата на апликацијата се бесплатни, но ние заработуваме на наједноставниот начин - преку вметнување на реклами при користењето на самата апликација“, вели Пејоски. Тој вели дека со еден од продуктите на G6 аплицирале во Државниот фонд за иновации, но не биле избрани за финан-сиска поддршка. ОТКАКО SCV ОТВОРИ КАНЦЕЛАРИЈА ВО ЗЕМЈАВА

НИЕ СМЕ ВРСКАТА СО СИТЕ ДЕЛОВНИ ПОДАТОЦИ КОИ ВИ СЕ ПОТРЕБНИ

Letz е првиот домашен стартап што доби пари од странски фонд во Македонија

О

#1

ЗА БИЗНИС ИНФОРМАЦИИ

ЗА ПАМЕТНИ ДЕЛОВНИ ОДЛУКИ!

02 / 3117 100 info@targetgroup.mk www.targetgroup.mk

станатите примери што ги наведовме во овој текст се стартапи кои што досега добиле финансиска поддршка надвор од Македонија, односно аплицирале во акцелератори или фондови што физички се наоѓаат во странство. South Ventures Capital е првиот странски венчр фонд за стартапи кој што отвори канцеларија во земјава во октомври минатата година, и досега има шест инвестиции во регионов, а една во Македонија. Поддршката од 100 илјади евра е за решението на стартапот Letz, т.н.“четбот“ (chatbot – компјутерска програма што симулира конверзација со луѓе) поддржан од вештачка интелигенција кој што им помага на корисниците полесно да си го организираат денот и да заштедат време. Зад Letz стојат Нино Карас и Мартин Анчевски, млади претприемачи кои што развиваат свои продукти и стартапи од 2011 година. Тие го основаа и Codewell, софтверски стартап познат по апликацијата MarkO, а во 2015 беа дел од акцелераторот Rockstart од Амстердам, кој што исто така ќе обезбеди поддршка за развој на Letz. Од Letz велат дека нивниот четбот им создава чувство на корисниците како да зборуваат со пријател, кој што е со нив во текот на денот да ги потсети за нивните задачи и обврски или дури и да ги развесели кажувајќи им виц. Целна група се млади професионалци, но и луѓе што не се поврзани со бизнис. Од SCV истакнаа дека веднаш им се допаднала идејата на Letz за конверзациски интерфејс кој што треба да ја зголеми продуктивноста на корисниците, што е предизвик за сите, не само во бизнисот, туку и во секојдневниот живот.



www.kapital.mk

Капитал број 892 02.12.2016

22

STARTUP

“Веројатно не беше доволно иновативен“, со насмевка вели Пејоски. “Освен оваа апликација не сме пробале на друго место, но засега и немаме голема потреба. Но, од друга страна, инвестиравме во Vozime.mk, нов македонски стартап основан од Анастас Петровски и Димитар Фуна од Битола, онлајн платформа што има за цел да им помогне на луѓето да споделуваат заеднички превоз со возило и така да ги намалат своите трошоци. Vozime. mk е во последната фаза на тестирање пред да биде пуштена во употреба“, додава Пејоски. Пејоски смета дека работите на македонската стартап сцена одат напред, но искрено, очекувал сето тоа да се одвива побрзо, со оглед дека имаме регионални примери на глобално успешни стартапи кои што може да се следат и да се учи од нивните грешки. “Она што јас го гледам кај нас би го опишал како ‘луѓе што само зборуваат – talkers’ и оние што навистина прават нешто – ‘doers’, и за жал сè уште овие првите некако преовладуваат. Затоа што, нели, стартап, инвестиција, акцелератор, претприемач, итн... се популарни зборови денес. “, вели Пејоски. Нашиот соговорник вели дека овие вторите може да направат разлика во моментот кога некој од нив ќе забележи позначителен успех, односно, дека ни требаат повеќе “do-

ers“ кои што го изоделе најтешкиот дел од патот и сега нивното знаење го инвестираат во заедницата. “Настаните за вмрежување се генерално

во ред, но кога луѓето што присуствуваат на нив нема што да споделат, работите се сведуваат на празни муабети и ‘што би било кога би било’“. nnn

ЗОШТО СТАН ВО МАВРОВО Е ИНВЕСТИЦИЈА КОЈА ВРЕДИ?

С

танови во Маврово по цена од 650 евра за м2 до 830 евра на идеална местоположба во чиста средина, надвор од секојдневните гужви, со поглед кој секој пат изнудува воздишки. Да, тоа е она кое секој од нас го сака. Да се инвестира во стан во Маврово е животна инвестиција која не чини многу, а е бесценета! Пелагонија АД Гостивар ви нуди можност да купите апартман со квадратура од 30 до 50 м2, опремен со високо квалитетен ламинатен паркет Кронтекс произведен во Германија, како и високо квалитетни увозни керамички плочки. Секој кој ќе купи стан добива клуч на рака - целосно опремен тоалет со сите неопходни елементи, а дополнително се обезбедени и разни содржини во комплексот како заедничко место за чување на ски-опремата и велосипедите. Цената која треба да се плати за стан со ваква местоположба, инфраструктура и содржини кои ги нуди е навистина ниска, а е со непроценлива вредност. За цена од 650 евра за м2 па се до 830 евра за м2 добивате апартман со кој ќе ги искусите сите убавини на Маврово и националниот парк Бистра. Ваквиот тип на инвестиција се покажа исплатлива за многу наши граѓани. Кога ќе пресметате колку трошите годишно за престој на планина, ако сте по скијањето, или пак сте љубители на планинарењето, на овој начин истите средства, а може и помалку, ќе ги вратите преку сопственоста на станот. Исто така она кое е важно е дека тековните трошоци за одржување на становите е далеку

поисплатлив и поефтин од викенд куќите, пред се поради тоа што при градење на викенд куќа сами ја правите целата инфраструктура (потпорни ѕидови, водовод, одвод, и сл.), за разлика од апартманите каде добивате клуч на рака. За повеќe инормации посетете ја веб страната на комплексот www.stanovimavrovo.mk или пак фејсбук страната https://www.facebook.com/stanbenkompleksMavrovo/


www.vw-komercijalnivozila.com.mk

ШАМПИОНИ ВО БИЗНИСОТ!

Новите Caddy и Transporter T6 ќе ја направат Вашата работа полесна од било кога! Моќноста на дизел моторите и приспособливоста на товарниот простор според потребите на Вашиот бизнис, Ви гарантираат беспрекорно завршување на работата. За понудата да биде уште подобра се погрижи Порше Лизинг, кој овозможи одлични лизинг услови: 15% учество со 5,5% каматна стапка, на дури 72 рати. Сега е вистински момент да возите автомобили, кои со сигурност ќе Ви овозможат поголема заштеда и сигурност во Вашата работа.

*Понудата трае до 31.12.2016 година и важи за сите возила од гамата на Volkswagen комерцијални возила. Порше Скопје бул. Босна и Херцеговина 4, 1000 Скопје 02-26 26 266 / 02 / 26 26 466

АБ Ауто ул. Гоце Делчев бр. 107 2400 Струмица 034 325 443 / 034 325 443

АЛ & ДО Охрид Св.Еразмо Оровник-Дебарца 6000 Охрид 046 261 599 / 046 262 374

БИС Ауто Краварски пат бб 7000 Битола 047 236 314 / 047 231 507

Делукс Ауто ул. 500 бр.55, 1300 Куманово 031 444 999

Колевски Палмиро Тољати бб 1000 Скопје 02 521 454 / 02 25 21454

Старт ул. Борис Кидрич 1, 1442 Демир Капија 043/366-207; 366-504

Центрум Маршал Тито бб 1200 Тетово 044 351 333 / 044 351 335


Капитал број 892 02.12.2016

24

ИНТЕРВЈУ

„Целото општество мора да се рестартира. Мора да се врати правдата, повторно да се изградат институциите кои една по ги губевме во последните десет години. Околу тоа како одредена реформа треба да се спроведе, кое е најдоброто решение, може да се дискутира и ќе се дискутира. Тоа за што е беспредметно да се дискутира е – кој тие реформи треба да ги спроведе. Јасно е дека гарнитурата која ги создаде овие проблеми не може да биде дел од нивните решенија“

www.kapital.mk


www.kapital.mk

INTERVIEW

Капитал број 892 02.12.2016

25

СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ НОСИТЕЛ НА КАНДИДАТСКА ЛИСТА НА СДСМ И КОАЛИЦИЈАТА ВО И.Е.1

ПОБЕДАТА И ПРОМЕНИТЕ ВО „ЕДИНИЦАТА“ ЌЕ БИДАТ ИЗРАЗЕНИ СО УБЕДЛИВИ БРОЈКИ


www.kapital.mk

Капитал број 892 02.12.2016

26

ИНТЕРВЈУ КАКО ДО ОТКОЧУВАЊЕ НА ЕВРОИНТЕГРАЦИИТЕ? Македонија треба да се врати до позициите, кога не постоеја други пречки освен спорот за името. Во меѓувреме назадувавме во повеќе сфери и извештајот на Прибе е резултат на таквото назадување. Македонија треба да биде функционална демократија и правна држава. Тоа се основни постулати. Без тоа никаде нема интеграции.

М разговарал:

Максим Ристески

maksim.risteski@kapital.mk

XMакедонија X е пред уште едни клучни избори. Што ќе ги реши изборите на 11 декември? Што ќе им порачате на скептиците кои сè уште мислат дека големата група неопределени од претходните изборни циклуси и сега може да ја оправдува оваа своја позиција? Изборите ќе ги реши одлучноста на граѓаните да стават крај на едно децениско расипничко владеење, на коруптивно владеење со државата. Ова не се обични избори. Откриен е криминал од епски

ГРАЃАНИТЕ ЗНАЕЈА ШТО СЕ СЛУЧУВА, НО ИСТРАГИТЕ НА СЈО ГИ ИЗНЕНАДИЈА СО РАЗМЕРИТЕ НА КРИМИНАЛОТ

На истрагите на СЈО претходеше процес на објавување на вистината за Македонија. Верувам дека тој процес разбуди многумина кои беа скептични, би рекол не толку во поглед на тоа што се случува, туку во поглед на размерите. размери и почнат е процесот за правна разрешница, односно за санкционирање на сторителите. Пред граѓаните има во суштина многу едноставен избор - или да продолжат да живеат во поделено општество со урнисани институции или да одберат понуда која ќе ја врати државата на граѓаните и ќе го врати животот во Македонија. Јас постојано повторувам дека ова се избори со исто значење како референдумот од 8 септември. Тогаш одлучивме да имаме сопствена држава, сега убеден сум дека граѓаните со големо мнозинство ќе се определат да си ја

сочуваме сопствената држава. XЈасно X е дека меѓународната заедница инсистира оти идната влада на Македонија, со каков и да е партиски состав, мора да спроведе вистински реформи, што нема да остават простор да се владее како досега. Кои се клучните реформи што ќе мора да ги направи идната власт? Клучните реформи што ќе треба да се направат се наведени во извештајот од Прибе. Практично, целото општество

ПЕНДАРОВСКИ: НЕМА ПРЕГОВАРАЊА, А НАЈМАЛКУ КОАЛИЦИРА


www.kapital.mk

Капитал број 892 02.12.2016

27

мора да се рестартира. Мора да се врати правдата, повторно да се изградат институциите кои една по ги губевме во последните десет години. Околу тоа како одредена реформа треба да се спроведе, кое е најдоброто решение, може да се дискутира и ќе се дискутира. Тоа за што е беспредметно да се дискутира е – кој тие реформи треба да ги спроведе. Јасно е дека гарнитурата која ги создаде овие проблеми не може да биде дел од нивните решенија. XПродлабочената X перцепција кај граѓаните за владеењето на актуелната власт, што ја овозможи работата на СЈО, нема судски епилог, но може ли да биде еден од клучни фактори за зголемена поддршка за опозицијата на изборите? На истрагите претходеше процес на објавување на вистината за Македонија. Верувам дека тој процес разбуди многумина кои беа скептични, би рекол не толку во поглед на тоа што се случува, туку во поглед на размерите. Истрагите на СЈО само го потврдуваат она што илјадници граѓани секојдневно го зборуваа меѓу себе, а тоа е дека на власт имаме злосторничко здружение на чело со Никола Груевски и Сашо Мијалков, кое во целост ја има киднапирано државата за споствени потреби. Ова здружување е целосно вертикално поставено и функционирала единствено во интерес на врвот на владејачката партија. Но, ова е само едниот аспект. Зголемената поддршка за опозицијата не доаѓа само од

револтот кон власта, туку и од понудата. Планот за живот во Македонија, со низата мерки што го тангираат животот на луѓето, особено оние посветени на подобрување на животниот стандард, сигурно дека имаа значаен удел во растот на рејтингот и на СДСМ и на целокупната опозиција. XПоследните X анкети најавуваат тесен изборен резултат (меѓу ВМРОДПМНЕ и СДСМ). Кои се вашите црвени линии преку кои никако нема да поминете во евентуалните преговори за составување владина коалиција? Црвената линија е многу јасна, нема преговарања, а најмалку коалицирање со политичари кои се под судски процеси и кои се обвинети за тешки криминални дела. XЌе X поверуваат ли граѓаните дека СДСМ ја турка државата кон федерализација со пристапот на конкретизирање на значењата на одредени решенија од Рамковниот договор? Не постои ниту „ф“ од федерализација во плановите на опозицијата! Тој заговор за наводна федерализација е последната сламка за спас на Груевски и фамилијата. Доказ за тоа е дека никој освен Груевски и неговите послушници не зборува за федерализации и за поделби. Граѓаните одамна ги препознаа националистичките предизборни трикови и изјавите на Груевски за наводна федерализација служат единствено за потсмев во јавноста. XШто X може да направи идната влада

на Македонија за откочување на евроатланските интеграции? Непремостива пречка ли е спорот со името што го имаме со Грција? Пред сè, Македонија треба да се врати до позициите, кога не постоеја други пречки освен спорот за името. Во меѓувреме назадувавме во повеќе сфери и извештајот на Прибе е резултат на таквото назадување. Македонија треба да биде функционална демократија и правна држава. Тоа се основни постулати. Без тоа никаде нема интеграции. Исто така, ќе треба да се работи и да се врати кредибилноста на Македонија во меѓународни рамки. Денес, благодарение на владеењето на ВМРОДПМНЕ, Македонија е изолирана земја со лоши односи не само со Грција туку и со сите останати соседи и меѓународната заедница. XШто X е клучното што ќе им го порачувате на избирачите во вашата изборна единица кога го барате нивниот глас и каков резултат очекувате? Клучната порака е дека во Македонија може да се живее многу поквалитетно од денес. Немам никаква дилема дека победата и промените во „единицата“ ќе бидат изразени со убедливи бројки. Груевски и неговите кандидати овде ќе доживеат тежок пораз. Но, тоа што го гледам во Изборната единица 1, е повеќе од видливо насекаде во Македонија, така што очекувам голема победа на опозицијата на изборите. nnn

АЊЕ СО ПОЛИТИЧАРИ ОБВИНЕТИ ЗА ТЕШКИ КРИМИНАЛНИ ДЕЛА


СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

БРЕНДОВИ

16

ДЕКЕМВРИ

2016

ДИГИТАЛНОТО ВРЕМЕ И НОВИТЕ ПРАВИЛА НА БРЕНД МАРКЕТИНГОТ Не е далеку денот кога паметните фрижидери во домот ќе порачуваат продукти директно од супермаркет, заштедувајќи им го времето за рутински секојдневни задачи на потрошувачите. Дали тогаш ќе има смисла компаниите да трошат милијарди долари за традиционално рекламирање? Брендовите стануваат свесни дека потрошувачот денес бара многу повеќе од само обично потсетување оти треба да го купи нивниот детергент, чоколадо или сок. Потрошувачот сака негово вклучување во градење на приказната за брендот – engagement е клучниот збор за сите маркетинг стратези во моментов. Капитал го подготвува специјалниот прилог “Брендови: Дигиталното време и новите правила на бренд маркетингот“ каде што ќе објасниме како најефективно да се вклучат потрошувачите во развојот на еден бренд. Преку примери на успешни светски, регионални и локални брендинг кампањи ќе ви дадеме скапоцено know – how за креирање на бренд приказна имајќи ги предвид сите фактори на денешниот дигитализиран начин на живеење: новите технологии, интернетот, социјалните мрежи...

l ENGAGEMENT: АКТИВНО ВКЛУЧЕТЕ ГИ ПОТРОШУВАЧИТЕ ВО ПРИКАЗНАТА ЗА ВАШИОТ БРЕНД l КАКО ТЕХНОЛОГИЈАТА ГО МЕНУВА МАРКЕТИНГОТ? ШТО ЌЕ СЕ СЛУЧУВА СЛЕДНИТЕ 10 ГОДИНИ? l КАКО ДА ЈА ИСКОРИСТИТЕ ЕМОЦИЈАТА ВО КРЕИРАЊЕ НА ПРИВЛЕЧНА АДВЕРТАЈЗИНГ СОДРЖИНА: ЛЕКЦИИ ОД СВЕТСКИТЕ МЕГА БРЕНДОВИ l НЕКОГАШ И СЕГА: ЕВОЛУЦИЈАТА И РАСТОТ НА ДИГИТАЛНИОТ МАРКЕТИНГ l 10 ИДЕИ ШТО ГО СМЕНИЈА СВЕТОТ НА МАРКЕТИНГОТ l УСПЕШНИ РЕГИОНАЛНИ И МАКЕДОНСКИ ПРИМЕРИ НА НОВИ БРЕНДИНГ СТРАТЕГИИ l КОЛКУ МАКЕДОНСКИТЕ КОМПАНИИ ЈА КОРИСТАТ ДИГИТАЛНАТА КОМУНИКАЦИЈА ЗА КРЕИРАЊЕ НА ПРИКАЗНАТА ЗА БРЕНДОТ Повеќе информации во врска со прилогот и за претставување во истиот можете да добиете на е-мail: marketing@kapital.com.mk l gordana.mihajlovska@kapital.mk или на телефонскиот број ++ 389 2 3298 505

ЛИЦE ЗА КОНТАКТ:

ГОРДАНА МИХАЈЛОВСКА


They say diamonds are forever… and so is an MBA!

Enjoy the most Valuable classroom experience – real life Harvard Business School case studies, business simulations and participant centered learning that enhance your strategic decisionmaking skills and critical thinking

a Rare opportunity to learn alongside esteemed professionals in order to build an extensive and exclusive network of useful contacts which could lead to new business opportunities The most Desirable and sought after degree in the world by employers, entrepreneurs and future leaders

World-class curriculum that applies a global outlook on current issues, taught by international faculty from top –tier schools with a rich portfolio of expertise

A brilliant cut to fit your demanding work schedule and maintain your work – life balance, giving you more flexibility to acquire the skills and experiences to fulfil your career objectives

Access to the Highest Quality internationally accredited degree by the Accreditation Council for Business Schools and Programs (USA) created as a combination of European and American educational standards

So don't lose a diamond, while chasing glitter! Enroll at the UACS MBA program! За повеќе информации: Бул. Трета македонска бригада бр. 60, 1000 Скопје Телефон: + 389 (0) 2 2463 156; 2463 159 Е-пошта: graduate@uacs.edu.mk

www.uacs.edu.mk

UACS SKOPJE

UACSKOPJE

YOUTUBE.COM/USER/UACSKOPJE

UACSKOPJE


www.kapital.mk

Капитал број 892 02.12.2016

30

АГРОБИЗНИС

ИКТ ВО АГРОБИЗНИСОТ - КОНФЕРЕНЦИЈА КОЈА ГИ ПОВРЗУВ

ИНФОРМАТИЧКИТЕ ТЕХ ЗЕМЈОДЕЛСКИОТ БИЗН

И

Информатичко комуникациските технологии доколку се применат во земјоделството, може да помогнат оваa стопанска гранка која што создава 11% од бруто домашниот производ (БДП) во Македонија, да стане уште попродуктивен и попрофитабилен бизнис – ова е заклучокот од 14 годишна конференција за ИКТ во агробизнисот што минатата недела се одржа во Скопје во организација на МАСИТ – Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии, ПроКредит Банка и АгФутура Технологии. Претседателот на Управниот одбор на МАСИТ, Горан Попоски, на отворањето на конференцијата истакна дека во земја како Македонија, која што е традиционално аграрна и земјоделието е една од клучните гранки во економијата, информатичките технологии се неминовност во насока на унапредување на овој бизнис.

Информатичко комуникациските технологии доколку се применат во земјоделството, може да помогнат оваa стопанска гранка која што создава 11% од бруто домашниот производ (БДП) во Македонија, да стане уште попродуктивен и попрофитабилен бизнис – ова е заклучокот од 14 годишна конференција за ИКТ во агробизнисот што минатата недела се одржа во Скопје во организација на МАСИТ – Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии, ПроКредит Банка и АгФутура Технологии. Прецизното земјоделство е многу популарно во светски рамки, подразбира точно наводнување, запрашување, односно да му се даде на растението токму она што му треба. Во Македонија многу компании не само што не користат, туку не ни размислуваат за ИКТ решенија што може да им го зголеми приносот и да им ја олесни работата. Меѓутоа, радува тоа што на пазарот веќе имаме конкретни ИКТ решенија за земјоделците, една година по првата конференција кога впечатокот беше дека овие индустрии не се ни познаваат. Има апликативни ИКТ решенија и за индивудални земјоделци и за поголеми комбинати“, изјави Попоски. Емилија Спировска, член на Управен одбор на ПроКредит банка пред присутните истакна дека доаѓа од банка која што е единствена во Македонија специјализирана за поддршка на мали и средни фирми. Таа

изјави дека агробизнисот е во фокусот на ПроКредит банка од самиот почеток на работењето и дека се подготвени да ја поддржат секоја иновативна идеја што подразбира раст и развој на фирмите во овој сектор. „Ние како банка сме подготвени да кредитираме земјоделски проекти со најповолни камати на пазарот, и она што е многу битно со посебни гарантни шеми, да одобриме кредит и кога земјоделецот не е во можност да достави соодветно обезбедување или хипотека за кредитот. Во Македонија затекнавме многу екстензивно, традиционално производство во земјава, но верувавме во претприемништвото и во потенцијалот кој постои и кој што може многу повеќе да се искористи во оваа стопанска гранка. Активно кредитираме земјоделски проекти веќе 14 години и до денес имаме пласирано вкупно 260

ПРОКРЕДИТ БАНКА: СПРЕМНА ДА ФИНАНСИРА ИН


www.kapital.mk

Капитал број 892 02.12.2016

31

ВА ИКТ И АГРО БИЗНИСИТЕ

ХНОЛОГИИ ГО ПРАВАТ НИС ПОПРОФИТАБИЛЕН милиони евра во бизнис кредити, од кои 30 милиони евра во земјоделство. Радува тоа што растот на многу големи земјоделски компании се должи токму на примена на иновативни информатички технологии. Како банка тоа го препознаваме и сакаме уште повеќе да го поддржиме развојот на земјоделството токму преку примена на модерните технологии’, истакна Спировска. Таа додаде дека банката организира агрофорум, за да промовира кои се најновите трендови во земјоделското производство. „Една од целите е новите технологии да им помогнат на земјоделците пооптимално да ги користат ресурсите со кои што располагаат. Примената на модерните информатички решенија ако порано беше посакуван фактор, денеска е услов за опстанок во индустријата“, потенцираше Спировска. Претставникот на Владата, министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска, исто така изјави дека паметното земјоделство базирано на современи информатички технологии овозможува попродуктивен и попрофитабилен земјоделски бизнис. „Еден земјоделец мора постојано да жонглира со цело множество на променливи, како што се временските услови, нивото на влажност, содржината на хранливи материи во почвата, заканите од штетници, болести, хемиски препарати, земјоделска механизација и слично. Ако земјоделецот

знае алгебра и знае да решава матрици тој ќе го оптимизира приносот, ќе ги намали трошоците и ќе го зголеми профитот. Но со користење на современите информатички технологии овие операции се многу олеснети. Паметното земјоделство базирано на информатички технологии овозможува попрецизно дефинирање и пресметка на променливите и од друга страна ослободување на земјоделецот така што оваа работа ја вршат специјализирани софтверски апликации“, изјави Томовска. Таа додаде дека од ИКТ компаниите се очекува со своите идеи и креативност да дадат значаен придонес во воведување на иновативни решенија во оваа област за да се обезбедат посилни и помодерни земјоделски компании, но и поуспешни и попрофитабилни ИКТ компании од друга страна. На конференцијата ИКТ во агробизнисот присуствуваа преку 200 учесници, бизнис претставници на агро и ИКТ секторот во Македонија, кои преку предавањата на стручните експерти за иновациски системи во земјоделски стопанства и прецизно земјоделство имаа можност да се запознаат со потенцијалот за зближување на овие две индустрии. Преку презентација на успешни приказни за веќе имплементирани ИКТ решенија агро претприемачите се запознаа со предностите кои иновативните технологии ги носат за нивните компании, а ИКТ секторот подетално ги согледа

потребите на земјоделската индустрија. Традиционално, ПроКредит Банка како лидер во финансиска поддршка на агро секторот ги награди најуспешните иновативни компании во Македонија за 2016 год: Кадино Индустри Груп за прва лабараторија во Македонија за испитување на хемиски и физички својства на пченицата и брашното, Антхура МК за единствена компанија во нашата земја која користи современи технологии за лабараториско производство на орхидеи, Еуропеан Плантс за уникатен начин на обликување и одгледвуање на декоративни дрва и растенија и Агрофила за единствен производител на ладно цедено масло кое е термички и хемиски необработено. Наградените пртприемачи се пример за успешна имплементација на иновативни технологии и даваат придонес кон поттикнување и поддршка на развојот на агро бизнисот како една од најпотенцијалните гранки во македонската економија. Присутните на настанот имаа можност за вмрежување со потенцијални соработници од двете индустрии на сесијата за Б2Б средби, а финансиските институции, вклучувајќи ја и ПроКредит Банка ги претставија можностите кои претприемачите ги имаат на располагање за пристап до финансии за нивните иновативни проекти.

nnn

НОВАТИВНИ ПРОЕКТИ ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО


РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ: 13 ДЕКЕМВРИ 2016

ИНСТИТУТ КОНЦЕПТ ОРГАНИЗИРА ОБУКА ЗА:

ЕДУКАЦИЈА НА РАБОТОДАВАЧИ И ВРАБОТЕНИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА И ПОДЗАКОНСКИ ПРОПИСИ ОД ОБЛАСТА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА l 15 декември 2016 година (четврток) l 10:00-16:00 часот Институт Концепт, Скопје

СОДРЖИНА: Сесија 1: Законот за безбедност и здравје при работа за препознавање на сопствените права и обврски Сесија 2: Начинот на изготвување на изјава за безбедност, нејзината содржина, како и податоците врз кои треба да се заснова проценката на ризикот Сесија 3: Презентација на улогата на Овластената здравствена установа за вршење на стручни задачи за здравје

при работа, како и улогата на Докторот специјалист по медицина на труд, за изготвување на изјава за безбедност, нејзината содржина, како и податоците врз кои треба да се заснова проценката на ризикот

ПРЕДАВАЧИ:

СЛАЃАНА АНДОНОВСКА

раководител на Сектор за безбедност и здравје при работа

Д-Р ГОЦЕ МЛАДЕНОВСКИ

специјалист по медицина на труд и стручно лице за безбедност при работа

За повеќе информации посетете ја нашата веб страна: www.koncept.com.mk

КОНТАКТ: м-р Ленче Зикова и м-р Ирена Богоевска l e-mail: institut@koncept.com.mk l 02 3128 526 l 070 272 207


ПОЛНИ РЕТКО , ВОЗИ ДОЛГО

www.detoil.com.mk


Капитал број 892 02.12.2016

34

ИНТЕРВЈУ

Она што е Ферари во светот на автомобилите, сакам мојата болница да биде во светот на медицинските услуги. Една фабрика, т.е. една болница, која што ќе постигне перфекција во квалитетот на третманот на секој пациент. Не ме интересира градење на нови болници или влегување во некаков меѓународен синџир на медицински установи – целиот мој капацитет и енергија го насочувам кон издигнување на ‘Филип Втори’ во место каде што пациентот ќе биде третиран како човек, а не како банкомат.

www.kapital.mk


www.kapital.mk

INTERVIEW

Капитал број 892 02.12.2016

35

проф. д-р

ЖАН МИТРЕВ основач и директор на специјалната болница “ФИЛИП ВТОРИ“ - Скопје

НАПРАВИВ БОЛНИЦА НА КОЈА ШТО Ѝ ЗАВИДУВААТ И ОД РАЗВИЕНИТЕ ЗЕМЈИ


www.kapital.mk

Капитал број 892 02.12.2016

36

ИНТЕРВЈУ

разговарал:

С Игор Петровски

igor.petrovski@kapital.mk

Со проф. д-р Жан Митрев неколку пати го одложувавме ова интервју заради неговата презафатеност и големиот број обврски. Човекот е врвен кардиохирург, но и инвеститор, работодавец, менаџер... Во новиот ултра – модерен објект на болницата “Филип Втори“ што почна со работа во март годинава, Митрев инвестираше 40 милиони евра - вели дека нема никаков “silent partner” или инвеститор од странство, парите се негови лични инвестиции и банкарски кредити. Д-р Митрев во Македонија дојде пред 16 години и ја отвори првата кардиохируршка болница во земјава, проект кој што беше од самиот почеток проследен со проблеми, контроверзии, шпекулации... Се зборуваше дека некој го кочи неговиот “бизнис“ во Македонија, а други пак сметаа дека тој и премногу привилегии добил од оваа држава. Д-р Митрев вели дека сето тоа е минато, дека ниските удари ги преболел, дека она што го направил со “Филип Втори“ доволно говори за неговите намери и дека сега сака да се фокусира само на развој на болницата и постигнување на највисок можен квалитет во услугите. И особено ми потенцираше на почетокот на ова интервју дека не сака медицината да ја гледа како бизнис. XВелите X дека медицината не треба да се гледа како бизнис, но приватна болница сте. Како и секој бизнис, вие нудите производ, односно услуга што ја наплаќате. Што конкретно мислите со овој ваш став? Суштинската разлика меѓу “Филип Втори“ и останатите, е што јас како сопственик и директор настапувам и ја водам на, така да речам, небизнисменски начин. Пред сè ја гледам придобивката за пациентот, а потоа материјалната страна што нас не засега како организација. Точно е дека мора да функционираме на финансиски начин, инаку сè друго би било идеологија. Пациентот доаѓа кај нас и добива услуга која што му е неопходна. Под моја строга контрола ниту еден пациент не е принуден да плаќа за нешто што не мора, за додатни испитувања, лабораториски анализи и сл. И на секој пациент му се објаснува зошто некоја услуга му се нуди и зошто е добро да ја добие, во најкусо можно време, на најквалитетен начин. И цената на сето тоа да биде максимално коректна, рационална, врз основа на

нашиот реален трошок за потрошен материјал, амортизација на опремата, човечкиот труд, итн. Оној што доаѓа овде има некој проблем, некоја мака, и ние не го гледаме како банкомат, па да му го исцедиме секој денар што го има или нема, туку како пациент, пред сè човек што има потреба од квалитетна медицинска услуга. Еве сликовито да ви доловам што ми е поентата: кога ќе влезете во било кој шопинг мол, тие се така испроектирани што не може да се шетате меѓу спратовите како што вие ќе посакате, туку на начин што ќе ги поминете сите продавници во редот и сл., за да ја видите целата понуда и евентуално да купите и нешто што можеби не ви било првична намера. Е, на тој начин не смее да се води болница, болницата не е мол, па на пациентот да му се нудат што повеќе производи, односно услуги. Многу опасно е ако се прават услуги кои нема потреба да се направат, се измислува сè и сешто, само за на пациентот да му се наплати повеќе. Не случајно ние како наш своевиден слоган го создадовме “медицина која има име и презиме“, што значи дека се знае кој одговара, кој каков квалитет дава и на крајот јас го ставам мојот образ и целиот морален и материјален интегритет како влог.

Д-р Жан Митрев на прес конференцијата по повод претставувањето на новите услуги – персoнализирана медицина и генетски тестирања во новата лабораторија, во соработка со Био Инженеринг.

XКога X ја отворавте новата болница пред неколку месеци најавивте дека планирате да нудите услуги и на западноевропски пациенти. Работите ли на тој план? Уште првите неколку години од работењето на “Филип Втори“ ние имавме пациенти од странство, нормално, од најблиското окружување – Косово, Албанија, Јужна Србија... И како се етаблиравме со тек на време, благодарение првенствено на споделување на позитивните искуства меѓу луѓето или word of mouth маркетинг што би се рекло, добивавме сè повеќе

да понудиме беспрекорна услуга на сите заинтересирани пациенти од Европа, па и пошироко, зошто да не. На пример, сегментот на персонализирана медицина кој што сега со новата генетска лабораторија силно ќе го развиваме, е прилично нова работа и за најразвиените земји во светот, а да не зборуваме за во Македонија. Еве, во моментов кај нас е дојден мој колега од Германија што е заинтересиран услугите на Филип Втори

Оној што доаѓа во нашата болница има некој проблем, некоја мака, и ние не го гледаме како банкомат, па да му го исцедиме секој денар што го има или нема, туку како пациент, пред сè човек што има потреба од квалитетна медицинска услуга. Болницата не е шопинг мол, па пациентот да не може да излезе без да ги помине сите продавници. корисници на нашите услуги од надвор. Меѓутоа, условите во кои што тогаш работевме и проблемите со кои што постојано се соочувавме, не ни дозволуваа посериозно да се посветиме на тој дел од промовирањето на болницата. Инаку, ние и пред да се преселиме во новиот објект, имавме повеќе од половината пациенти што доаѓаа надвор од Македонија, а сега со оваа најнова опрема и технологија со која располагаме, можеме

да ги нуди и на тој пазар, особено делот на персонализирана медицина. XКолкав X дел од пациентите во моментов доаѓаат од надвор од Македонија? Во новата болница за неколку месеци имаме 100% зголемување на приливот на пациенти од странство, што не беше ни во нашето најоптимистичко сценарио.. Соодносот домашни наспроти странски

ПЕРСОНАЛИЗИРАНА МЕДИЦИНА: “НУДИМЕ ПОСЛЕДЕН ЗБОР НА ТЕХН


www.kapital.mk

Капитал број 892 02.12.2016

37

Новата болница “Филип Втори“ e инвестиција од 40 милиони евра –нема “silent partner” или инвеститор од странство, парите се лични инвестиции и банкарски кредити, вели д-р Митрев. одлуки, одошто за реална неможност да се стори нешто. Треба еднаш да се сфати дека не е ФЗОМ тој што ги има парите, туку осигуреникот. И осигуреникот е тој што треба да одлучува каде сака да оди, дали во јавно или приватно, сеедно. Тој треба да е оној што го движи денарот што му е на располагање. Фондовскиот денар е негов, и тој треба да располага со него. На овој начин може да се подобри медицинскиот квалитет. Јас како сопственик на оваа болница и сите од мојот тим, потполно сме свесни дека животниот стандард во земјава е низок, и дека се случуваат семејни драми кога треба да се плати за некоја поскапа интервенција и сл. во приватна болница, не затоа што некој сака да се луксузира, туку едноставно затоа што сите знаеме какви се состојбите во јавното здравство. Но, токму затоа и претходно реков дека не се исцрпени сите начини за поголема соработка на приватните болници со ФЗОМ, каде што на крајот сите ќе бидат задоволни. пациенти е околу 30% : 70%. Ние сме практично нето извозници на услуги од оваа земја, и тоа ме охрабрува дека сме го направиле вистинскиот потег со новата инвестиција. Затоа што, обемот на домашни корисници на медицинските услуги во “Филип Втори“ сепак е ограничен. Македонија има низок животен стандард, а моментално Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ во понатамошниот дел од текстот, н.з.) ги покрива трошоците само за кардиоваскуларните хируршки интервенции што ги правиме во нашата болница. ФЗОМ не го проширува списокот на услуги што може да се добијат кај нас, иако формулата одамна функционира. Надлежните досега не прифатија таа формула да функционира и за поголем број луѓе и поширок список на услуги.

XКој X не би сакал повеќе услуги во приватните болници покриени од ФЗОМ, но од каде пари? ФЗОМ троши преку 400 милиони евра годишно за услугите што ги пружа јавното здравство, а не сака да одвои за таргетирани услуги што може добро да ги контролира и кои се поевтини од многу работи што се плаќаат од државниот буџет. Таму се плаќа опрема што не функционира, се плаќаат преголем број вработени, и уште многу трошоци чија што рационалност во најмала рака е дискутабилна... Кога ќе се подели целата сума со бројот на услуги што ги дава јавното здравство, ќе се добие цената на секоја услуга, реално. Јас за таа сума ќе прифатам дел од пациентите тука да бидат лекувани. Значи, повеќе станува збор за некаква псевдо - идеолошка бариера во главите на тие што донесуваат

XОбјаснете X ни малку попрецизно како сметате дека може да има ефикасна комбинација помеѓу државното и приватното здравство со краен резултат – среќни, односно здрави и живи пациенти? Државата наводно потроши 100 милиони евра за нова опрема и реновирање, а секој ден гледаме што се случува на клиниките. Сè е измислено, не мора да измислуваме топла вода. Во Германија на пример, имате дополнително приватно осигурување, односно законски ако заработувате над одреден износ месечно, мора дополнително да се осигурите. Ако за бајпас државата плаќа, да речеме, 5.000 евра, а вие сакате операцијата да ја направите во некоја приватна клиника која бајпасот го наплаќа 10.000 евра, разликата ќе си ја платите од џеб или пак ако имате дополнително здравствено, тоа ќе ви ја

НОЛОГИЈАТА НА ТРЕТИРАЊЕ И ПРЕВЕНЦИЈА НА РАЗНИ ЗАБОЛУВАЊА.“


www.kapital.mk

Капитал број 892 02.12.2016

38

ИНТЕРВЈУ

покрие операцијата, исто така во зависност како е направена полисата. Кај нас е проблем што имаме протекционизам на државното здравство, а исклучување на приватното. Ефикасна комбинација помеѓу приватното и јавното здравство ќе се случи кога донесувачите на политички одлуки ќе сфатат дека ние не сме конкуренција едни на други, туку партнери што треба да “играат“ заедно. Замислете државата да реши во една година да потроши 100 милиони евра во купување услуги во приватните болници. Тогаш, 90% од проблемите во државното здравство ќе ги снема. И ќе останат многу пари во оптек, кои што на еден или друг начин ќе повлечат инвестиции во приватното здравство. На крајот и пациентите ќе бидат позадоволни, а државата ќе го подигне квалитетот на услугите. Има шанси да се помрднат работите, јас верувам дека ова што го работам во Македонија веќе 16 години, помрдна многу нешта. Порано беше незамисливо приватна болница, да речеме, сега ги повеќе во земјава одошто во сите бивши југословенски републики заедно. XДа X се вратиме малку на ова што го најавивте како новитет во “Филип Втори“, персонализираната медицина и генетските тестови. Што значи тоа? Тоа е најсовремен начин на третирање на медицинските проблеми кај луѓето, односно превенција од разни типови на опасни и тешки заболувања со помош на испитување на генетските мутации што може нив да ги предизвикаат. Во соработка со младите колеги од генетската лабораторија Био Инженеринг ние ќе можеме преку земање на крв и изолирање на ДНК од пациентот, да утврдиме на пример, дали има присуство на мутации кај неколку гени одговорни за згрутчување на крвта - исклучително важно за одредување на ризик за коагулопатии во тек на бременост, третмани за плодност или хормонска контрацепција; потоа ќе има можност за персонализиран третман на рак преку генетско тестирање на специфични мутации вклучени во развојот на различни типови рак; модерни анализи за откривање на инфективни болести базирано на ДНК или РНК и многу други анализи. XКаков X е интересот за овие услуги сега на почетокот? Дали веќе почнавте да ја аплицирате персонализираната медицина, да ја нудите како стандардна опција.. Интересот е голем, прво, затоа што е нова технологија, можностите што ги нуди се големи... Нормално, од почеток не може сè да оди рутински, не може, што се вели, да се “штанцаат“ анализите, мора време да помине сето тоа да се уигра. Ние почнавме да ги советуваме пациентите за можностите на персонализираната медицина, но целата оваа работа е доста суптилна... Едно прашање се финансиите,

друго е моралот, етиката, ние сме од едната страна даватели на услугата, од другата страна пациентот и неговото семејство. Во општество каде што нема многу пари, човек да одвои и да плати за една медицинска услуга екстра е секогаш чувствително прашање. Она што јас сите овие 16 години го трасирав како пат на развој на болницата, е всушност базирано на персонализирана медицина, а ова со генетиката сега е додадена вредност. XМоже X ли преку практичен пример да ни објасните што ќе значат овие услуги за пациентите? Еве, ќе објаснам преку пример од кардиоваскуларната хирургија, што ние овде ја практикуваме и приватно, и со покривање на трошоците за осигурениците на ФЗОМ, како што споменав претходно. Пациентите со бајпас операција или пак оние што добиле вграден стент, треба долго време, некои од нив и до крајот на животот да пијат лекарства против згрутчување на крвта, односно, најпозната генерика за тоа е “клопидрогелот“. И сите добиваат некоја одредена дневна доза, која што е воспоставена како пракса, да речеме 40 мг дневно. Меѓутоа, сите луѓе се различни, некој можеби има мутација на генот кој што е одговорен за метаболизмот на “клопидрогелот“ во крвта, па дозата од 40 мг за него е премала или преголема. А, тоа може да се дознае преку генетските тестови што ние сега ги нудиме со новата лабораторија. Зошто е ова важно? Затоа што ако дозата е несоодветна, на среден или подолг рок може да дојде до затнување на стентот, потреба од повторно стентирање, бајпас или друга кардиохируршка интервенција, или не дај Боже, фатално да заврши за пациентот. Замислете сега, ние да кажеме дека пациентите на кардиохирургија имаат потреба од вакви тестови, кои што чинат дополнително, а ФЗОМ од своја страна, признава само 5.000 евра за кардиохируршка интервенција, без оглед на сложеноста на зафатот и сите евентуални компликации што повлекуваат повеќе ресурси, човечки и материјални, секако. На пример, јас оперирав неодамна детенце од 16 месеци, со минимално инвазивна техника, со примена на многу софистицирана и скапа технологија, но ФЗОМ тоа не го интересира, а за пациентот тоа значи или комплетно излекување или многу помали трошоци во понатамошниот живот. XКога X сме кај вашата соработка со државниот здравствен фонд... Вие откако дојдовте во земјава не престанаа контроверзиите поврзани со “Филип Втори“... Зошто беше таков вашиот пат кон ова што е болницата денес, никогаш мазен, секогаш туркан на мускули, што се вели? Причините секогаш беа во таа своевидна идеолошка борба која и до ден денешен

трае, помеѓу концептите на јавно и приватно здравство, а всушност, треба да зборуваме само за здравство, едно единствено, со крајна цел – квалитетна услуга кон секој пациент. Политичарите не сакаат многу да има турбуленции во оваа сфера и по некој дифолт продолжуваат да го поддржуваат јавното здравство, но еволуцијата е неизбежна. Се променија доста работите за овие 16 години... Ако на времето трпев директни дискредитации и напади врз моето име, сега тоа речиси и не постои. Се знаеме кои сме, што сме, кој е Жан Митрев и што стори тој за оваа држава. Со изградбата на новата болница, сите шпекулации околу тоа дека државата мене ми дала којзнае што, јас ги демантирав. Јас на оваа држава сум и дал преку 30 милиони евра додека ја направам оваа болница – за платено градежно земјиште, за комуналии, за кирија во претходниот објект и за многу други ставки. Да не зборувам за придобивката за пациентите, што повеќе не мораа да одат во странство за кардио и други хируршки интервенции. Сум вработил 250 луѓе - доктори, медицински персонал, итн. Еве, во моментов имам список со дваесетина доктори од Германија кои се со македонско потекло или од околните земји, и сакаат да се вратат и да работат во “Филип Втори“. И покрај сите проблеми што сум ги доживеал, убавото е тоа што има можност за развој. Сега имаме голем потенцијал да бидеме една од најинтересните земји во регионот во поглед на медицинските услуги. Здравството е многу чувствителна тема и за САД, Германија и други земји со големи ресурси, а не пак за Македонија. Дотолку повеќе, сум горд што успеав со мојата визија и посветеност, и со поддршка од целиот тим, да направиме ултра модерна болница која што предизвикува восхит во медицинските кругови на многу поразвиени економии. XДали X сте размислувале за влегување на “Филип Втори“ во меѓународен синџир на болници, сте имале ли такви понуди досега? Да, секако, имало многу понуди од разни делови на светот, за влегување на странски капитал и сл. Јас засега не размислувам за таков тип на експанзија. Не ме интересира изградба на втора, трета или не знам уште колку болници во Македонија и надвор од неа или пак влегување во некој странски синџир на приватни здравствени организации. Фокусиран сум услугата во мојата болница да ја доведам до перфекција, и на тоа работам деноноќно. Помеѓу Ферари и Фолксваген, јас сакам да бидам Ферари, да употребам аналогија од автомобилската индустрија, без намера да омаловажам никого. Значи, една фабрика, т.е. една болница во која што ќе се постигне врвен квалитет. Ќе звучи нескромно, но јас сметам дека немам конкуренција во Македонија, затоа што од другата страна во моментов нема некој што размислува за развојот

СТАВ: “СМЕТАМ ДЕКА МЕДИЦИНАТА НЕ СМЕЕ БУКВАЛНО ДА СЕ СФАЌ


www.kapital.mk

Капитал број 892 02.12.2016

39 на една болница на ист начин како мене. Медицината е како музиката: има некои што пишуваат музика, и немаат конкуренција, а многумина што свират. XВие X сте пред сè лекар, хирург, но мора да сте и менаџер, инвестирате во болница, раководите со 250 луѓе. Колку хирургот Митрев трпи заради директорот Митрев? Порано беше многу потешко, во однос на апсурдноста и нелогичноста на проблемите со кои што се среќавав, но со тек на годините и со резултатите што ги постигнавме, пополека се надминуваа предизвиците. Иако разни видови на проблеми сè уште постојат, а времето минува. Јас ова што го постигнав за 16 години е за некого можеби е премногу, за мене е премалку. Бидејќи потенцијалот кој јас го имам и можноста да постигнам напредок во она што се нарекува современа болница, е огромен. Огромното трошење енергија на непотребни работи секако дека ве кочи во искористување на вашиот потенцијал. Медицината и хирургијата се како оркестар... Не може да функционирате сам. Кардиохирургот да го направи својот дел и после ќе биде сè супер. Ние сме тим од 250 луѓе и јас сите ги знам и сите тие имаат свое место во системот и работат беспрекорно. И покрај сè има проблеми, се разбира.. Јас сè што правам е за мојата кардиохирургија и целата болница да функционира беспрекорно. Нема систем во светот каде што вие само ќе го правите својот дел, и ништо друго нема да ве интересира. И да постои, можеби ќе функционира, ама тој систем ќе биде многу скап и повторно ќе има сериозни проблеми. Тоа го има во САД, Германија, земји со огромни буџети, но и сериозни проблеми. Третина од болниците во САД може веднаш да се затворат заради разни интерни инфекции и сл. Таму се водат многу судски процеси заради лекарски грешки, слично е и во Германија. XЗа X крај, како лекар и менаџер, што би им препорачале на деловните луѓе кои се главната читателска публика на Капитал, како да најдат најдобар баланс во животот ? Јас прво би ги советувал да си ја најдат здравствената организација што ќе им овозможи сите прашања поврзани со здравјето да ги постават на вистинско место, за да може да ги разјаснат сите дилеми и недоумици. Ние го правиме тоа со т.н. business check-up прегледи, што се многу подетални и порелевантни од стандардните систематски прегледи за вработените што се прават во земјава. Тука повторно доаѓаме до персонализираната медицина, односно посебниот пристап во превенирањето и лекувањето на одредени здравствени проблеми кај секој човек. Ќе повторам, не сме сите исти. Не секој што е со прекумерна тежина треба да се качи на спортски велосипед и да тргне нагоре по Водно. Не секој треба да исфрли

глутен, или масти од исхраната. Не се сите дебели луѓе “кандидати“ за срцев удар, ниту пак се сите слаби луѓе имуни на него. Ќе спомнам во оваа прилика еден пример од нашата пракса: Пред извесно време дојде група на топ менаџери од една голема домашна компанија на тој бизнис чекап преглед. Резултатот беше двајца на операција, еден со стент, а останатите добија консултации и упатства како да се

однесуваат понатаму во животот (исхрана, спортување, итн.) доколку не сакаат да завршат како овие првите. Менаџерот, но и секој вработен, е скапоцен ресурс за компанијата, и вложувањето во неговото здравје не е трошок. Далеку поголем трошок за компанијата е замена на добриот вработен што го загубила затоа што не направил добар преглед на време.

nnn

ЌА КАКО БИЗНИС, А ПАЦИЕНТОТ ДА СЕ ГЛЕДА КАКО КЕШ МАШИНА.“


www.kapital.mk

Капитал број 892 02.12.2016

40

СВЕТ БИЗНИС И ПОЛИТИКА

ДРЖАВЕН СЕКРЕТАР

СИТЕ ЛУЃЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ

Нема противречност во тоа што Трамп си составува тим чие заедничко богатство може да вреди 35 милијарди долари, иако водеше кампања со која бараше поддршка од белите американски „пролетери“. Последните избраа милијардер за претседател, а милијардерот сега избира „браќа и сестри“ по пари за свои соработници, со логика дека ако знаеле толку добро да заработат, сугурно ќе имаат што да им понудат на Американците во делот на политиките. Она што реално е проблематично во екипирањето на кабинетот на Трамп, е што таму има и луѓе обвинувани за расизам, скептици во однос на ЕУ, поддржувачи на политичари како Марин ле Пен...

В

Вкупното богатство на членовите на претседателскиот тим на Доналд Трамп може да вреди 35 милијарди долари - сума без преседан во американската историја, пресмета американски Politico, земајќи предвид колку поединечно „тежат“ соработниците во кабинетот

и во администрацијата на новиот американски претседател. Наведувајќи го ова, Politico забележа дека Трамп, кој во кампањата се претставуваше како заштитник на „заборавените луѓе“ и ја освои Белата куќа со силна поддршка од белечката работничка класа, сега составува тим/администрација, од „господари на Универзумот“. Но, овде нема противречност белците, американски „пролетери“, избраа милијардер за претседател - милијардерот сега избира милијардери и милионери

Овде на површината највисоко испливуваат имињата на поранешниот републикански кандидат за претседател на САД, МИТ РОМНИ и поранешниот градоначалник на Њујорк, РУДОЛФ (РУДИ) ЏУЛИЈАНИ. Ромни во кампањата ја повлече поддршката за Трамп и во говор од март го нападна сега избраниот претседател нарекувајќи го „фолирант“. Трамп одговори нарекувајќи го дотичниот „лузер“ и велејќи дека Ромни се „задушувал како куче“ во тек на предизборната кампања во 2012 година, во која загуби од Барак Обама. Ивеститорот Ромни „тежи“ 250 милиони долари, а неговиот соперник за функцијата државен секретар, Џулијани, има околу 45 милиони. На последниот пречка за да биде именуван може да му биде тоа што има бизнис интереси во странство, што повлекува и конфликт на интереси ако стане шеф на американската дипломатија.

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЕНЕРГЕТИКА

Новиот претседател сериозно ја разгледува опцијата во овој ресор да го назначи Харолд Хем од Оклахома, нафтениот магнат и застапник на контроверзниот метод, еколошки многу опасен - фракинг, односно, добивање нафта од шкрилци. Хем кој има богатство од 15,3 милијарди долари, се чини логичен избор низ призмата дека Трамп најави оти ќе ги намали ограничувањата во нафтената индустрија. Основачот и извршен директор на Continental Resources би бил прв американски министер за енергетика кој доаѓа од нафтена компанија. Секако, ваквиот потез на Трамп ќе наиде на остра реакција на активистите за заштита на животната средина.

МОЌТА НА КУШНЕР: И ЗА ИДЕИТЕ НА ПРИБАС И БЕНО


www.kapital.mk

Капитал број 892 02.12.2016

41

ВО БЕЛАТА КУЌА

Тука е најконтроверзното име меѓу луѓето со кои Трамп најблиску ќе соработува како претседател, а имено Стивен Бенон кој ќе му биде главен стратег и советник, а е обвинуван за расизам, за антисемитизам и за мизогинија. За Бенон периодов често се потсетува дека беше доскорешен шеф на ултраконзервативниот веб-сајт Breitbart, а овој советник на Трамп кој се очекува да има влијание и на меѓунаордоните прашања е познат како скептик во однос на организациите како Европската унија и Обединетите нации, како поддржувач на Брегзитот и фан на рускиот претседател Владимир Путин и на лидерката на Националниот фронт во Франција, Марин ле Пен. Се очекува големо влијание да има и Џеред Кушнер, зетот на Трамп, кој е од познато њујоршко семејство што се збогатило работејќи со недвижнини - исто како и новиот американски претседател. Инаку, таткото на Џеред бил во затвор поради неплаќање данок и илегални донации во политички кампањи. Зетот на Трамп (за ќерка му Иванка) учестуваше во речиси секој аспект од претседателската кампања - за клучните одлуки за составот на тимот, за стратегијата, за прибирањето средства. Федералните закони забрануваат претседателот во Белата куќа да вработува членови на семејството, но упатените велат дека официјално назначување на Кушнер нема да му треба за да остане клучна фигура, можеби како pro bono советник на Трамп. Извори на New York Times тврдат дека двајцата највисоки советници на Трамп, Прибас (споменат подолу) и Бенон, бараат мислење од Кушнер за своите идеи пред да му ги претстават на претседателот.

за свои соработници. Логиката е дека ако знаеле толку добро да заработат, сугурно ќе имаат и што да им понудат на Американците, во делот на политиките што ќе ги испорача тимот на Трамп. Она што реално е проблематично во екипирањето на новиот американски државен врв е што во расно сè поподелената Америка, од позиција на најмноќна држава со влијание во Европа која е под закана

МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ

За овој ресор е планирана милијардерката и филантроп, Бетси ДеВос конзервативната активистка, омразена меѓу синдикатите на вработените во образованието. Се залага за користење ваучери за приватните училишта, односно, за намалување на државното финансирање на јавните образовни институции, а во интерес на приватните и верските училишта. Трамп од ДеВос очекува успешно да спроведе образовна реформа што ќе им овоможи „најдобро образование на нашите деца“. ДеВос е сестра на основачот на озлогласената приватна воена компанија Blackwater, Ерик Принс, која сега се вика Academi. Богатството на нејзиното семејство се проценува на 5,1 милијарди долари. Идната министерка за образование од богатото и влијателно семејство Принс, е мажена за уште побогатиот и повлијателен наследник на бизнис империја, Дик Девос. Двете семејства покрај високиот економски статус, ја делат и поддршката за радикалната христијанска десница, и се значајни помагачи на каузата за промоција на христијанството како државна религија, за укинување на правото на бракови меѓу личности од ист пол, како и за третирањето на абортусот како кривично дело. Според погоре изнесеното залагање во интерес на приватните училишта со наставна програма независна од државната, новата министерка за образование веднаш предизвика реакции на синдикатите и на здруженијата на просветните работници, кои тврдат дека преку ДеВос оди патот за уништување на државните училишта, а за приватизација на образованието со цел богатење на неколкумина крупни играчи на пазарот.

на националистички и популистички политички опции додека уште се созема од ударот на Брегзитот, меѓу најблиските соработници на Трамп има луѓе обвинувани за расизам, скептици во однос на Европската унија, поддржувачи на политичари како Марин ле Пен ... Во продолжение ви ги претставуваме клучните луѓе на новиот американски претседател по сектори. nnn

МИНИСТЕРСТВО ЗА УРБАНИЗАМ

За во овој сектор се споменува пензионираниот хирург Бен Карсон кој му беше еден од противкандидатите на Трамп на предизборите. Иако Карсон неодамна изјави дека сака да работи со новата администрацијата, но однадвор, Трамп тврди дека сериозно го има предвид како кандидат во секторот урбанизам. Кандидатот кој „тежи“ 26 милиони долари, изјави дека средиштата на американските градови се во „ужасна состојба“, и оти е крајно време да се стори нешто по ова прашање. На приговорот дека хирургијата нема многу заедничко со урбанизмот, Карсон одговори оти тешко дека урбаното планирање и развој може да бидат потешки од неурохирургијата, и реторички праша „а што тоа особено направија искусните политичари?“.

МИНИСТЕРСТВО ЗА ТРГОВИЈА

Во ова министерство ќе се всели советникот на Трамп за економскиот дел од програмата во тек на кампањата, Вилбур Рос кој има репутација на „крал на банкротот“ поради тоа што купува компании во финансиски проблеми. Рос, чие богатство се проценува на 2,9 милијарди долари, се залага за нови преговори за трговските договори, односно, за повлекување на САД од веќе потпишаните договори за слободна трговија доколку таква потреба покажат критериумите по кои се води новиот американски министер за трговија. Трамп најверојатно за заменик на Рос ќе го постави Тод Рикетс од семејството милијардери кое е сопственик на бејзбол клубот Chicago Cubs.

ОН ПРВО СЕ БАРА ЗЕЛЕНО СВЕТЛО ОД ЗЕТОТ НА ТРАМП


www.kapital.mk

Капитал број 892 02.12.2016

42

СВЕТ БИЗНИС И ПОЛИТИКА

ВНАТРЕШНА БЕЗБЕДНОСТ

Засега најверојатен кандидат за добивање на оваа функција е Крис Кобак државниот секретар од Канзас. Се фотографираше со Трамп држејќи ја својата програма, чии делови можеа да се прочитаат со зумирање - на сега избраниот американски претседател му претставил програма со идеи како изградба на ѕид на границата со Мексико и начини за надзор на имигрантите. Кобак бил член на група поврзана со белите супрематисти, а од него доаѓале и предлози за создавање регистар на муслиманите во Америка.

МИНИСТЕРСТВО ЗА ФИНАСИИ

Поизвесно се зборува за кандидатот Стивен Мнухин директор на хеџ фонд, кој има богатство вредно 46 милиони долари, а учествувал во „bailout“, планот за спасување, на федералната банка. Обвинуван е за дискриминација, што може да попречи да биде номиниран. Министерство за здравство Конгресменот, републикански, секако, Томас (Том) Прајс, најверојатно ќе биде министер за здравство. Овој ортопед хирург, е меѓу главните критичари на законот за здравство на Барак Обама (познат како Obamacare), за што Трамп рече дека ќе го менува.

Изборот на Рајнс Прибас се гледа во правец на подобрување на релациите на Трамп со Републиканската партија, што би ја олеснило работата на претседателот со Конгресот во кој доминираат републиканците (од кои Трамп, нели, немаше неподелена поддршка) и ќе помогне за поминување на неговата програма. Прибас е долгогодишен лидер на Националниот комитет на партијата, близок пријател со претседателот на претставничкиот дом во Конгресот, Пол Рајан, и се смета за внатрешен човек во вашингтонската елита.

МИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВДА

ЦИА

Шеф на Централната разузнавачка агенција (Central Intelligence Agency) ќе биде Мајкл (Мајк) Помпео конгресмен од Канзас. И со него се поврзани контроверзи за прашања како одговорноста за смртта на Американците во Бенгази, за што одговараше Хилари Клинтон, како и за „свиркачот“ Едвард Сноуден. Помпео по терористичките напади од 11 септември 2011 година, изјави дека муслиманските духовници кои недоволно ги осудуваат терористите се соучесници во теророт.

ШЕФ НА КАБИНЕТОТ

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО

Можеби најконтроверзното име од тимот на Доналд Трамп е Сид Милер министерот за земјоделство на Тексас. Последниот на Twitter ја нарече демократската кандидатка за претседател, Хилари Клинтон, со вулгарен збор, по што се извини тврдејќи дека грешката ја направил администраторот на неговата сметка на социјалната мрежа.

Сенаторот Џеф (Џеферсон) Сешнс новиот јавен обвинител на САД, се вбројува меѓу најконзервативните американски политичари. Се противи на имиграцијата, во тек на кариерата бил обвинуван за расизам - поради шеги во кои се споменувал расистичкиот Кју Клукс Клан не бил именуван за федерален судија. Сешнс беше еден од најверните поддржувачи на Трамп во кампањата, а е армиски ветеран, и високопоставен член на комисијата за вооружените сили во Сенатот и претседател на поткомисијата за стратешки сили.



www.kapital.mk

Капитал број 892 02.12.2016

44

ТЕХНОЛОГИЈА

ОД ГИГАНТСКАТА МУЛТИМЕДИЈАЛНА ЕНЦИКЛОПЕДИЈА НА НАШЕТО ВРЕМЕ:

НАЈДОБРИТЕ YOUTUBE КАНАЛИ СО НАУЧНИ ОБЈАСНУВАЊА ЗА „НЕОБЈАСНИВИТЕ“ ФЕНОМЕНИ

Со гигантската мултимедијална енциклопедија YouTube секојдневно се „консултираме“ гледајќи видеа, анимации; барајќи инструкции, одговори на прашања и информации за теми од најразличен интерес. Еден од големите европски сајтови посветен на науката, EuroScientist, се погрижи да направи листа со најинтересните и најпопуларни научни канали на YouTube, каде можете да најдете „соџвакани“ одговори на сите прашања поврзани со „необјаснивите“ феномени

KURZGESAGT – IN A NUTSHELL

I

n a Nutshell значи пренесување факти накратко, „стегнато“, веродостојно и разбирливо за широката публика. Каналот користи лесен, за секого разбирлив јазик; јасно и забавно направени анимации со факти. Посветен е на специфични научни теми, како, на пример, функционирањето на човечкиот имунолошки систем, историјата на времето, па и филозофски прашања како „Што е животот?“. На овој канал не пропуштајте да ги погледнете видеата за европската бегалска криза и Сирија, објаснето на едноставен јазик (The European Refugee Crisis and Syria Explained); за

историјата и иднината на времето (The History and Future of Everything -- Time); и за тоа како работат банките (Banking Explained – Money and Credit).

BRIT LAB

С

е работи за извонредна колекција на кратки документарни филмови на BBC. „Домаќинот“ на шоуто, Грег Фут, никогаш не се плаши да загази „длабоко“ во името на науката. Популарноста на каналот му ја носат теми како лесно-стресното видео „Каков вкус има човечкото тело?“. Покрај ова видео (What Does Human Flesh Taste Like?), погледнете го и насловеното „Што е Дежа Ву?“ (What Is Déjà Vu?).



www.kapital.mk

Капитал број 892 02.12.2016

46

ТЕХНОЛОГИЈА

PHYSICSGIRL

К

реаторката на каналот, Дајана Коверн, има цел да натера што повеќе жени да земат учество и да ги разбијат предрасудите за „машките“ сфери. Користи едноставни експерименти за објаснување на сложени феномени. Препорака за гледање на видеата „Зошто огледалата го превртуваат одразот хоризонтално, но не и вертикално?“ (Why do mirrors flip horizontally (but not vertically)?) и „Физиката на фудбалската топка“ (The Physics Behind a Curveball - The Magnus Effect).

NERDIOLOGIA

И

ако името на каналот порачува дека им се обраќа на „нердови“, неговиот креатор, Атила Јамарино, бразилски научник, кој очигледно има вродено чувство за добра и лесна комуникација, преку од него создадени видеа и анимации и се обраќа на најшироката публика. Зборува португалски, но има „сабтајтли“ на англиски. Погледнете ги видеата „„Длабок“ веб и „Темен“ веб“ (Deep Web e Dark Web), „Целулит“ (CELULITE!) и „Химери“ (Quimeras).

ASAP SCIENCE

К

аналот содржи зачудувачко количество на научни факти, видеа; секое со должина од 3 до 5 минути. Погледнете ги видеата „Можеме ли да ги снимиме соништата?“ (Could We Record Our Dreams?), „Што ако целиот свет беше населен со вегетаријанци?“ (What If The World Went Vegetarian?) и „Талентот против обуката/тренингот“ (Talent vs Training).

SMARTER EVERY DAY

К

ога креаторот на овој канал, Дестин Санделин, ракетен инженер, ќе се почувствува збунет поради сложен научен проблем, тој прави сè за да се ориентира и информира. Погледнете ги „Физиката на мачкиниот пад“ (Slow Motion Flipping Cat Physics) и „Што научив од претседателот Обама?“ (What I learned from President Obama).

VERITASIUM

К

аналот истражува клучни прашања и заблуди во науката и инженерските работи. За целта се користат експерименти, интервјуа, монолози ... Препорака за гледање на видеата „Што точно е сегашноста?“ (What Exactly is the Present?), „Брзината на животот“ (The Speed of Life) и „Науката зад фактот дека сите луѓе на Земјата се братучеди“ (The Science of Six Degrees of Separation).

VSAUCE

С

о околу 10 милиони претплатници овој канал е меѓу најпосетуваните на YouTube на тема наука. Видеата од каналот се првенствено за оние кои сакаат подлабоко да навлезат во темите. Препорака: „Науката на незгодното“ (The Science of Awkwardness), „Дали си е реалност?“ (Is Anything Real?), „Колку високо можеме да градиме?“ (How High Can We Build?).

BRAIN CRAFT

К

аналот се занимава со некои од најинтригантните прашања од психологијата и неврологијата. Ги истражува и психичките фактори во поп културата и влијанието на технологиите врз човечкиот мозок. Препорака: „Колку работи можеме да правиме истовремено?“ (How Many Things Can You Do At Once?), „Појавата „социјални медиуми и нарцисоидност““ (The Upside of Social Media Narcissism).



РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ: 9 ДЕКЕМВРИ 2016

ИНСТИТУТ КОНЦЕПТ ОРГАНИЗИРА

ЕДНОДНЕВНA ОБУКА ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРОДАЖНИ ВЕШТИНИ:

SPIN И PITCH ТЕХНИКИ НА ПРОДАЖБА l 13 декември 2016 година (вторник) l 10:00-16:00 часот Институт Концепт, Скопје

Учесниците на обуката ќе се запознаат со различни техники и алатки за унапредување на продажбата, водејќи сметка за потребите на купувачите. При тоа ќе осознаат и колку начинот на комуникација влијае на процесот на работење и на резултатите на продажбата. Со завршување на оваа обука учесниците ќе бидат способни да:

l Разбираат како се носат одлуките за купување (што ги

мотивира, а што ги спречува да донесат одлука да купат еден производ/услуга) l Се справат со одбивањата l Поставуваат соодветни прашања со чија помош ќе ги разоткријат потребите на потрошувачите l Ја зголемат вредноста на продажбата, за да остварат дополнителен приход и профит

l Ги анализираат предностите и слабостите на нивниот

моментален продажен стил

НИ В ТИ О И ОМ ЦЕН Р П

l Ја опишат психологијата на потребите на

потрошувачите l Бидат подготвени да влијаат на сите учесници во процесот на одлучување

ПРЕДАВАЧ:

ЗОРАН ВИТАНОВ – Со-сопственик на ТРЕЈД КОНСАЛТИНГ, претседател на Асоцијацијата на Менаџери на Македонија, Интернационален ЦЕФЕ тренер, Мотиватор. За повеќе информации посетете ја нашата веб страна: www.koncept.com.mk

КОНТАКТ: м-р Ленче Зикова и м-р Бојана Делидинкова le-mail: institut@koncept.com.mk l02 3128 526 l070 272 207

АЦ

ЧН

И де 00 8.6

Н АЗ ПР

А ЕН

н

жи ва 6 ата .201 7 нуд 11 01 по 28. 1.2 од 15.0 до

А ПОПОЛНУВАЊЕ НА БРЧКИ ИА ОБЛИКУВАЊЕ СОИЈ НАЈДОБРИТЕ ФИЛЕРИ ИЛАЦ ЛАСЕРСКАНАЕПУСНИ ТРАЈН

Сакајте ја Вашата к жа

Скопје +389 2 / 321 66 08 www.ancevski.com.mk ancevski@laserlab.com.mk facebook.com / Ординација Д-р Анчевски



www.kapital.mk

Капитал број 892 02.12.2016

50

ЛИДЕРИ

ИНДРА НОИ

ГЛАВЕН ИЗВРШЕН ДИРЕКТОР НА PEPSICO

НЕ БАРАЈТЕ ПОСТОЈАНО ЛОШИ НАМЕРИ КАЈ ДРУГИТЕ, ТОА ГО КОЧИ ВАШИОТ ЛИЧЕН РАЗВОЈ

Р

Родена и школувана во Индија пред 61 година, во САД се преселила во 1978 за да заврши постдипломски на престижниот Јејл. Сменила неколку американски корпорации пред да дојде во PepsiCо во 1994 година, и е заслужна во голема мерка за растот на компаниските приходи и профит во последниве 15 години, откако е главен човек за финансии, а потоа и генерален директор. Forbes и останатите влијателни медиуми постојано ја ставаат при врвот од листите за најмоќни жени во бизнисот на светско ниво.

Да водиш корпорации од рангот на PepsiCo е како да водиш држава, само со таа разлика што не мора да се расправаш со медиуми што го мерат секој твој збор, секој ден. Јас имам борд на директори што ја водат државата во интерес на акционерите.

Кога постојано барате лоши намери кај другите, тоа предизвикува лутина кај вас и го кочи вашиот личен развој. Тргнете ја таа лутина и барајте ги позитивните аспекти, ќе бидете пријатно изненадени од слободата што ќе ја почувствувате.

Секогаш се трудам да ги гледам нештата и од гледна точка на другиот, не само моја. Брутално искрена сум и знам кога да се повлечам.

Што е добро лидерство е тешко да се дефинира, но ако ги натерате луѓето да ве следат до крајот на светот, тогаш сте голем лидер.

На крајот на денот не заборавајте дека сте личност, мајка, сопруга, ќерка.

Ако сакаш да ја подобриш организацијата, мора да се подобриш себеси и организацијата ќе расте заедно со тебе.

Да се биде CEO не е само обична професија, тоа е посветеност во која се вклучувате со своето срце, ум и пот.




Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.