893 kapital magazin

Page 1

КАПИТАЛ АНАЛИЗА

СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ ЈА ЗГОЛЕМУВААТ И “ДУПКАТА” ВО ФОНДОТ ЗА ПЕНЗИСКО

COVER STORY РАМЕН VS ПРОГРЕСИВЕН ДАНОК

Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

ИНТЕРВЈУ

ИСКРА ВЕТАЏОКОСКА МУЦУНСКА

КО - СОПСТВЕНИК НА ВИТАЛИА

WWW.KAPITAL.MK

ЗОРАН ЗАЕВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СДСМ:

“ЕДНО ЗНАМ

НИЕ ПОБЕДИВМЕ, А НА 11 ДЕКЕВМРИ ЌЕ ПОБЕДИ МАКЕДОНИЈА!“

СКАНДАЛОЗНО СВЕДОШТВО ЗА БИЗНИС КЛИМАТА ВО МАКЕДОНИЈА БРОЈ 893 | ЦЕНА 100 ДЕН. 9 ДЕКЕМВРИ 2016 | ПЕТОК | ГОДИНА 18

РОБЕРТ БЛАЖЕСКИ ИНВЕСТИТОР ШТО “СЕ ОСМЕЛИЛ“:

ВЛАСТА И СУДОВИТЕ МИ УНИШТИЈА БИЗНИСИ ОД ДЕСЕТИЦИ МИЛИОНИ ЕВРА!

СВЕТ: ГЕРМАНСКАТА ИНДУСТРИЈА СЕ ИСПЛАШИ ОД ТРАМП



3

Капитал број 893 09.12.2016

СОДРЖИНА

40

08 04

PROFILE

22

КАПИТАЛ АНАЛИЗА

06

НАВИГАТОР

28

INTERVIEW

08 16

Најопасниот референдум во Европа По Брегзит и Трамп, уште еден шок за Европа НЛБ Банка АД Скопје со признанија за успех и голема хуманитарна акција

INTERVIEW ЗОРАН ЗАЕВ

ИСКРА ВЕТАЏОКОСКА МУЦУНСКА ко - сопственик на Виталиа

COVER STORY

Рамен контра прогресивен данок или дали богатите треба да плаќаат поголеми даноци?!

Новите вработувања не носат приходи во фондовите Странските инвеститори ја зголемуваат и “дупката” во фондот за пензиско

34

Не мотивира идејата да креираме македонски производ со светски квалитет

„Едно знам – ние победивме, а на 11 декевмри ќе победи Македонија!“

40

ПОЛИТИКА

46

СВЕТ БИЗНИС

СКАНДАЛОЗНО СВЕДОШТВО

РОБЕРТ БЛАЖЕСКИ

инвеститор што “се осмелил“

претседател на СДСМ:

46

Власта и судовите ми уништија бизниси од десетици милиони евра!

50

Партиите одново поднесоа проформа финансиски извештаи Колку се демократски изборите со нетранспарентно финансирани кампањи? Протекционизам на САД би можел да ја потресе глобалната економија Германската индустрија стравува од трговската политика на Трамп

ЛИДЕРСТВО

Шест лекции за лидерство од Руди Џулијани

КАКОВ ДАНОК?

ПЕНЗИСКА ДУПКА

ДУИНГ БИЗНИС

СДСМ интонираше пред граѓаните поинаква даночна политика каква што и се очекува од левичарска партија, според која најбогатите 5% од граѓаните ќе плаќаат поголем персонален данок на доход. Оние што имаат имот повреден од 400.000 евра, исто така ќе плаќаат за 0,1 процентен поен поголем данок на имот. Томас Пикети на македонски начин. Меѓутоа, се отвора дилемата дали сиромашните ќе бидат помалку сиромашни само ако богатите плаќаат повисоки даноци?! Економистите имаат поделени ставови на оваа тема. Во Европа, 22 земји од ЕУ применуваат прогресивни даноци, а само шест од нив модел на рамно оданочување.

Во изминатиов период се почести и поотворени станаа предупредувањата упатени од меѓународните финансиски институции до Македонија за неодржливоста на пензискиот фонд. И ММФ и Светската банка веќе и многу отворено го посочуваат горливиот проблем за растечката дупка во пензискиот фонд, а кој власта во изминатиот период го буткаше под тепих. Тие се многу децидни дека без конкретни реформи, редовната исплата на пензиите ќе биде голем товар за идните генерации. Состојбата и сега е веќе алармантна, ако се тргне од фактот што речиси половина од пензиите се покриваат со пари од буџетот.

Увоз и дистрибуција на месо, транспорт, откуп и извоз на тутун, акции во осигурителна компанија, хотелиерство... се дел од списокот на бизнисите што браќата Роберт и Крсте Блажески, повратници од САД ги имаат почнато во Македонија уште пред повеќе од дваесетина години. Денес, само хотелскиот бизнис преживува, и тоа со судни маки. Сето останато е затворено, отидено под стечај, ликвидирано... За оваа катастрофа Роберт Блажески, нашиот соговорник во оваа сторија, ја обвинува актуелната власт, потпомогната со политички инструираното и корумпирано судство, за кои што вели дека ги уништиле и не биле од “нивна банда“.

XX Стр. 8

XX Стр. 22

XX Стр. 32

Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје l Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31 l П. ФАХ 503, 1000 Скопје l Директор и одговорен уредник: Љупчо Зиков l Печати: Графички центар Скопје, ул. Скупи бб, 1000 Скопје l Тираж: 3.000 примероци l Датум на печатење: 08.12.2016


Капитал број 893 09.12.2016

www.kapital.mk

PROFILE 4

Јас загубив, а вие не. Верувам во демократијата и во Италија. Среќно за сите нас“, изјави италијанскиот премиер Матео Ренци по резултатите од референдумот, по што тој поднесе оставка.

НАЈОПАСНИОТ РЕФЕРЕНДУМ ВО ЕВРОПА

ПО БРЕГЗИТ И ТРАМП, УШТЕ ЕДЕН ШОК ЗА ЕВРОПА

“Сепак, секој обид да се сведе ова изразување на јавен бунт - кој е регистриран во секој географски регион - како знак за поддршка за оваа или онаа политичка сила е сериозна грешка. Гласовите против дојдоа од семејствата од средна гласа, жртви на економската криза, без надеж за просперитет и добробит за нивните деца и внуци. Тоа беа млади луѓе кои не можат да се вработат, работничка класа која се чувствува под закана од мигрантите и вработени чии плати повеќе не се доволни”, пишува весникот La Stampa.

НЕИЗВЕСНОСТ: СЛЕДАТ НОВИ ИЗБОРИ ВО ИТАЛИЈА, А П


www.kapital.mk

Капитал број 893 09.12.2016

PROFILE

С

5

Бепе Грило, предводник на левичарската Five Star Movement и Матео Салвини, лидерот на десничарската Северна Лига, изразити евроскептици, се охрабрија по неуспехот на референдумот во Италија

Со масовна излезеност на гласачите и неспорна победа за "НЕ" кампот, неделниот референдум го покажа постоењето на јавен бунт против премиерот Матео Ренци, неговите предложени уставни промени, и владата на естаблишментот. Референдумскиот предлог стана основа за ова движење, кое прв пат се појави минатата пролет на општинските избори на кои, меѓу останатите резултати, политички аутсајдери ги освоија градоначалничките позиции во Рим и Торинo. „Јас загубив, а вие не. Верувам во демократијата и во Италија , Среќно за сите нас“, изјави Матео Ренци, италијанскиот премиер по објавувањето на резултатите од референдумот кој ја шокираа цела Европа.. Со референдумот во Италија според Ренци требаше да се намали улогата на сенатот, односно Горниот дом во Парламентот, а да се засили позицијата на долниот дом на пратеници, со што би се стабилизирала позицијата на Владата. На референдумот 42,4% од Италијанците се изјаснија за, додека 54,6 % беа против промена на уставот. “Сепак, секој обид да се сведе ова изразување на јавен бунт - кој е регистриран во секој географски регион - како знак за поддршка за оваа или онаа политичка сила е сериозна грешка. Гласовите против дојдоа од семејствата

Италијанските граѓани рекоа “НЕ“ на референдумот, што доаѓа како трет шок за политичкиот естаблишмент во Европа, по Брегзит и победата на Трамп во САД. Се стравува од банкарска криза во Италија и нејзино туркање кон излез од еврозоната.

од средна гласа, жртви на економската криза, без надеж за просперитет и добробит за нивните деца и внуци. Тоа беа млади луѓе кои не можат да се вработат, работничка класа која се чувствува под закана од мигрантите и вработени чии плати повеќе не се доволни”, пишува весникот La Stampa. Инстантната оставка на Ренци, која привремено е одложена додека не се изгласа буџетот за 2017 година, става јасно на знаење дека неговите наследници мора да дојдат со крајни решенија на кризата од која потекнува протестот на средната класа. На Италија и треба нова социјална заштита за семејствата кои се соочуваат со тешки моменти, и треба рецепт за распламтување на економскиот раст и формула за интегрирање на мигрантите. Колку подолго овие прашања се остават неодговорени, толку пошироко ќе расте движењето зад протестите, што може да започне домино ефект од непредвидливи последици. За нов старт на Италија не е доволна само нова влада: Јавниот бунт мора да се почитува, а неговите барања да бидат исполнети.

По објавувањето на резултатите од референдумит во Италија и по оставката на премиерот Ренци, еврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 20 месеци. Аналитичарите сметаат дека неговата оставка ќе доведе до продлабочување на политичката нестабилност во третата најголема економија во еврозоната која веќе е оптоварена со преголем јавен долг, што би можело дополнително да го разниша банкарскиот сектор. Инвеститорите се претпазливи, но сепак не се во паника, иако уште сега многумина заклучуваат дека во Италија ќе следуваат нови избори на кои власта може да ја преземе опозицијата што ја водат партии и движења кои најавуваат дека сакаат да излезат од ЕУ или барем од еврозоната. Со свој став околу референдумот, а со цел да ги смири пазарите се јави и германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле кој изјави дека Италија треба да ги продолжи економските реформи кои ги покрена премиерот Матео Ренци и дека верува дека за Италија сега е многу важно да има функционална влада. nnn

ПОБЕДНИКОТ МОРА ДА ПОНУДИ РЕШЕНИЕ ЗА КРИЗАТА


www.kapital.mk

Капитал број 893 09.12.2016

6

НАВИГАТОР

> БРОЈКА

„СОНУВАМЕ.МЕНУВАМЕ“ - НОВ ОПШТЕСТВЕНО ОДГО

32,7

топанска банка АД – Скопје во неделата го реализираше својот нов општествено одговорен проект под називот „Сонуваме.Менуваме“во МОБ со почеток од 11 часот. Настанот беше посветен на децата од Македонија со посебни потреби и помага во одбележувањето на Меѓународниот ден на лицата со хендикеп, попреченост и посебни потреби. Овој проект е реализиран со деца од различни возрасти и со различни

милиони евра извезла Македонија во Русија за првите десет месеци годинава

С

попречености, кои заедно со свои врсници и заедно со Калиопи и 5+ Фамилија настапија насцената на МОБ за да ги претстават своите способностии креативен потенцијал. „СОНУВАМЕ.МЕНУВАМЕ. е проект кој е специјален не поради организаторите туку напротив, поради децата кои учествуваат во него и кои ни овозможија да го реализираме денешниот настан. Тоа се децата со посебни МОЖНОСТИ (како што родителите кажуваат), децата

НЛБ БАНКА АД СКОПЈЕ СО ЗА УСПЕХ И ГОЛЕМА ХУМАН

И

Изминатата недела беше навистина плодна и преполна со успеси на третата по големина банка НЛБ Банка АД Скопје. Банката доби неколку признанија за своето успешно работење, а преку хуманитарната акција и продажбата на детски цртежи беа собрани донации од клиентите и Банката од 623.500 денари, кои ќе бидат насочени за помош на Специјална Олимпијада Македонија.

Изминатата недела беше навистина плодна и преполна со успеси на третата по големина банка НЛБ Банка АД Скопје. НЛБ Банка АД Скопје избрана за Национален шампион на Македонија за 2016/2017 година на најголемото европско бизнис натпреварување European Business Awards. Банката е осумкратен носител на наградата Банка на годината

во Македонија од финансискиот магазин The Banker, а оваа година по втор пат едно по друго ја добива и наградата Национален шампион на Македонија од European Business Awards. Наградите кои се одржуваат десетта година по ред, опфатија рекордни 33.000 бизниси од 34 европски земји, поддржани од бизнис лидерите, академските и

политичките претставници од цела Европа. Европските бизнис награди се најголемото европско натпреварување воспоставено со цел да се наградат извонредноста и најдобрите практики во Европската бизнис заедница, а со тоа и да се поддржи развојот на посилна и поуспешна бизнис заедница низ Европа. Воедно изминатата недела порталот


www.kapital.mk

Капитал број 893 09.12.2016

7

ОВОРЕН ПРОЕКТ НА СТОПАНСКА БАНКА АД – СКОПЈЕ на кои им е потребна секоја дополнителна поддршка и децата без кои немаше да можеме да ја пренесеме пораката до пошироката заедница. “Со донациите кои Банката денес ги објави кон асоцијациите се надеваме дека децата покрај денешната забава ќе уживаат и во подобрени услови за едукација и надградба“ , изјави Диомидис Николетопулос, генерален извршен директор и претседател на Управниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје.

лидери

АНГЕЛА МЕРКЕЛ

шеста година по ред не слегува од листата на 100-те најмоќни жени на светот што ја подготвува Forbes

АЛЕКСАНДЕР ВАН ДЕР БЕЛЕН

ПРИЗНАНИЈА НИТАРНА АКЦИЈА Факултети.мк ги објави резултатите од анкетата направена со 1.027 испитаници, согласно која повеќе од една третина од младите луѓе во Македонија најмногу и веруваат на НЛБ Банка за која сметаат дека нуди најдобри услуги и услови за своите клиенти. Од сите испитаници, повеќе од една третина, односно 35,5% сметаат дека НЛБ Банка генерално нуди најдобри услови и услуги. НЛБ Банка ги прослави овие успеси преку организација на заедничка хуманитарна акција со клиентите. На 01.12.2016 година, во НЛБ Галеријата се отвори продажна изложба на детски цртежи. На продажната изложба сите присутни гости, клиенти и вработени, со купување на детските цртежи, донираа средства. Хуманитарната продажба ја отвори, Антонио Аргир, Претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка: „-Детските цртежи кои имате

прилика да ги погледнете вечерва, се најголемата и најубавата изложба што веќе 5-та година по ред ја одржуваме во НЛБ Галеријата, која инаку има во просек по 13 изложби годишно. Но, оваа изложба, се согласувате, е посебна! Годинава за време на НЛБ Месецот на штедење во периодот од 26.09.2016 година до 25.10.2016, ни пристигнаа 1799 цртежи, на тема „Штедење и хуманост“, а за секој примен цртеж НЛБ Банка ќе донира 200 денари. Така од донациите на клентите и Банката, беа собрани вкупно 623.500 денари, а сите собрани средства ќе бидат насочени за помош на Специјална Олимпијада Македонија. Продажната изложба ќе трае до 05.12.2016 година, период во кој НЛБ Галеријата ќе биде отворена секој ден, а сите посетители ќе можат да купат цртеж и да донираат за Специјална Олимпијада Македонија. nnn

„На цела Европа ѝ падна камен од срце“ по неговата победа на изборите во Австрија, над Норберт Хофер

не им беше неделата

МАТЕО РЕНЦИ

инталијанскиот премиер претрпе пораз на рефендумот по што најави оставка на функцијата

НИКОЛА САРКОЗИ

претрпе пораз на предизборите на Републиканците во Франција од човекот кому самиот му даде прекар „господин Никој“


www.kapital.mk

Капитал број 893 09.12.2016

8 COVER STORY

СДСМ И ВМРО-ДПМНЕ СО

РАМЕН КОНТРА ПРО

ИЛИ ДАЛИ БОГА ПЛАЌААТ ПОГОЛ Го има ли левицата решението за системскиот проблем на македонската метаморфоза на капитализмот кој што богатите ги прави побогати, а сиромашните уште посиромашни?! Претставувајќи ја Визијата за Македонија, најголемата опозициска партија

СДСМ интонираше пред граѓаните поинаква даночна политика каква што и се очекува од левичарска партија, според која најбогатите 5% од граѓаните ќе плаќаат поголем персонален данок на доход. Оние што имаат имот повреден од 400.000 евра, исто така ќе плаќаат за 0,1 Стапка на персонален данок на доход од 2007 до сега

10%

карикатура извор: ref-inst.org


www.kapital.mk

Капитал број 893 09.12.2016

9 РАЗЛИЧЕН ДАНОЧЕН КОНЦЕПТ ЗА МАКЕДОНИЈА

ОГРЕСИВЕН ДАНОК

АТИТЕ ТРЕБА ДА ЛЕМИ ДАНОЦИ?! процентен поен поголем данок на имот. Томас Пикети на македонски начин. Меѓутоа, се отвора дилемата дали сиромашните ќе бидат помалку сиромашни само ако богатите плаќаат повисоки

200

милиони евра е приходот од персоналниот данок на доход во Буџетот лани

карикатура извор: linkis.com

даноци?! Економистите имаат поделени ставови на оваа тема. Во Европа, 22 земји од ЕУ применуваат прогресивни даноци, а само шест од нив модел на рамно оданочување. Последни Албанија и Словачка воведоа прогресивни даночни стапки.

Прогресивни стапки на персонален данок на доход до 2007 година

15% 18% 24%


www.kapital.mk

Капитал број 893 09.12.2016

10

COVER STORY

Г

ДРАГАН ТЕВДОВСКИ

претседател на Комисија за економија на СДСМ

олем дел од граѓаните во Македонија живеат на линијата на сиромаштија или под неа и ние сме фокусирани на решение на овој проблем. Воведувањето прогресивен данок на доход е само еден од елементите за намалување на нееднаквоста меѓу граѓаните. За 95% од граѓаните, останува постојната стапка од 10% на персоналниот данок, а на оние што имаат вкупен месечен личен доход до нивото на законски определената минималната плата, ќе им се враќа се враќа платениот данок. Само на граѓаните во групата на 5% со највисока годишна даночна основица им се воведува дополнителна даночна стапка од 18%, покрај стапката од 10%, за износот на дополнителниот доход.

пишува:

Г

Александар Јанев

aleksandar.janev@kapital.mk

Го има ли левицата решението за системскиот проблем на македонската метаморфоза на капитализмот кој што богатите ги прави побогати, а сиромашните уште посиромашни?! Претставувајќи ја својата програма, најголемата опозициска партија СДСМ интонираше пред граѓаните поинаква даночна политика каква што и се очекува од левичарска партија, според која најбогатите 5% од граѓаните ќе плаќаат поголем персонален данок на доход. Оние што имаат имот повреден од 400.000 евра, исто така ќе плаќаат за 0,1 процентен поен поголем данок на имот. Томас Пикети на македонски начин. Од друга страна, владејачката ВМРОДПМНЕ опстојува на тоа дека рамниот данок е вистинската политика за Македонија и дека дал добри резултати.

Н

МАРЈАН ПЕТРЕСКИ универзитетски професор

ема гаранција дека редистрибутивната функција на буџетот ќе работи за сиромашните, особено во услови на недоволна буџетска ефикасност и транспарентност. Се отвора прашањето на кој начин ќе се искорени сиромаштијата ако буџетот има повеќе пари кои ги зафатил од богатите. Со зголемување на социјалната помош? Мислам дека е сосем погрешен пристап, бидејќи нејзиниот пораст стимулира неактивност и долгорочно им наштетува на примателите во смисла на нивната неспособност да се вклучат на пазарот на труд и да заработуваат пазарен доход. Напротив, нив треба да им се помогне на начин на кој полесно ќе излезат од сиромаштија, наместо да им се доделува незаработен доход.

“Со реформите на владите предводени од ВМРО-ДПМНЕ, Македонија стана земја со најниски даноци во светот! Воведовме најнизок рамен данок од 10% на добивката и персоналниот данок и, за разлика од останатите земји кои ги зголемија даноците или воведоа нови кризни давачки во текот на должничката криза во Европа, во Македонија даноците останаа непроменети. Преку пониски даноци и едноставни административни процедури, се стимулира бизнисот, се намалува сивата економија, фирмите повеќе инвестираат и отвораат нови работни места, а сето тоа влијае врз зголемување на конкурентноста и на потенцијалот на македонското стопанство”, велат од ВМРО-ДПМНЕ и во својата програма ветуваат дека ако победат на следните избори ќе продолжат со политиката на ниски и едоставни даноци. Експертите се поделени околу тоа каква даночна политика и е потребна на Македонија. Според едни, рамниот данок ги исполнил очекувањата, докажал дека со ниски даноци може да му се помогне на стопанството без притоа да трпи државата, односно без да се намалат приходи од даноци во буџетот. Друга група експерти, пак, се на став дека рамниот данок не ги дал во целост посакуваните резултати, односно не влијаел драстично во намалувањето на сивата економија и даночната евазија и дека создава нееднаво

даночно оптеретување помеѓу богатите и сиромашните. “Сметам дека рамниот данок даде многу поголеми бенефити во Македонија. Претходно имавме прогресивно оданочување со неколку стапки кај персоналниот данок. Но, со реформата се покажа дека може да се намалуваат стапките, а во исто време да се зголемуваат даночните приходи”, вели Борче Смилевски, од Центарот за даночна политика.

Дали богатите треба да плаќаат повисоки даноци?

“Дали верувате дека сиромашните треба да плаќаат данок по пониска стап- ка од богатите, или да продолжиме со рамните даноци коишто се целосно на страната на богатите?”. И по ова прашање ВМРО – ДПМНЕ и СДМС имаат спротивставен став. Првите сметаат дека ниските даноци се најголема помош за економијата, додека СДСМ смета дека со рамниот данок даночниот товар е поголем кај посиромашните слоеви од општеството. СДСМ во својата програма ветува промени во даночниот систем коишто ќе започнат да вршат намалување на нееднаквоста во распределбата на расположливиот доход во Македонија. “Праведниот даночен систем треба да воведе пониски стапки на данок за

СДСМ: ЌЕ ВОВЕДЕМЕ ПРАВЕДЕН ДАНОЧЕН СИСТЕМ



www.kapital.mk

Капитал број 893 09.12.2016

12

COVER STORY

П

рогресивниот данок е дефинитивно првата мерка која треба да се воведе за да се намалат разликите меѓу богатите и сиромашните. Треба да се намали даночниот „товар“ на луѓето со пониски доходи, а да се зголеми на граѓаните со повисоки доходи. Сега оние со минимална плата и даваат на државата околу една третина од своите примања (како персонален БРАНИМИР данок и придонеси), додека оние со ЈОВАНОВИЌ максималната плата и даваат само економски аналитичар една десетина. Треба да се воведе систем според кој „товарот“ на оние со минимална плата ќе се намали (на пример, на 20%), а на оние со највисоки плати ќе се зголеми (на пример, на 45%). Германија, на пример, има вакви стапки.

сиромашните, а повисоки за богатите”, се вели во програмата на СДСМ. Претседателот на Комисијата за економија на СДСМ, Драган Тевдовски, смета дека „рамниот данок во Македонија е од корист за малата група на власт којашто енормно се збогати на сметка на егзистенцијата на најголем дел од граѓаните“. „Бидејќи голем дел од граѓаните во Македонија живеат на линијата на сиромаштија или под неа, ние сме фокусирани на решение на овој проблем. За 95% од граѓаните, останува постојната стапка од 10% на персоналниот данок, а на оние што имаат вкупен месечен личен доход до нивото на законски определената минималната плата, ќе им се враќа се враќа платениот данок. Само на граѓаните во групата на 5% со највисока годишна даночна основица им се воведува дополнителна даночна стапка од 18%, покрај стапката од 10%, за износот на дополнителниот доход“, вели Тевдовски и додава дека во овие 5% со највисок доход влегуваат граѓани со наследено богатство, богатство врз основа на претходни или тековни економски ренти што се поврзани со монопол или други привилегии, односно граѓани кои не заработуваат со активности на труд. Меѓутоа, се отвора дилемата дали сиромашните ќе станат побогати само ако богатите плаќаат повисоки даноци?! Економистите имаат поделени ставови на оваа тема. Професорот од Економскиот факултет, Трајко Славески, кој што како министер за финансии во 2007 година и го воведе рамниот данок во Македонија, иако вели дека можеби ќе звучи субјективно, сепак и денес не отстапува од овој даночен модел. Тој смета дека рамниот данок добро и служи на Македонија бидејќи „земјите во развој со висока стапка на невработеност и мал економски раст е подобро да применуваат ниски и едноставни наспроти високи и комплицирани даноци“. „Искуството на Македонија со прогре-

М

ислам дека сиромаштијата не може да се искорени или барем намали преку зголемување на давачките за побогатите. Тоа се прави преку отворање на нови работни места. Сиромашните нема да станат побогати ако државата одзема поголем дел од доходите на побогатите. Но, ако приходите на ЛЕШЕК богаташите всушност доаѓаат од БАЛЦЕРОВИЧ нивните врски со властите, тогаш полски економист тие врски мора да се прекинат. Според мене, клучно е да се надмине нееднаквоста во можностите во едно општество, односно еднакво талентирани луѓе да имаат ист пристап до образование.

фотографија извор: mia.mk

сивниот данок од пред 2007 година покажа дека иако имаше три стапки на данок, од 15%, 18% и 24%, сепак најголем дел од граѓаните плаќаа персонален данок по најниската стапка. Тоа значи дека побогатите наоѓале разни начини да го избегнат оданочувањето по повисоки стапки, така што при прогресивен даночен модел, ризикот од даночна евазија е многу поголем“, коментира Славески. Тој вели дека СДСМ во менувањето на даночната политика има козметички пристап, односно мерки кои што се сведуваат на поголемо оданочување на богатите граѓани. Според него, причините за нееднаквоста само делумно може да се бараат во отсуството на прогресивни даноци. „Дури и во земји кои што применуваат остра прогресија во оданочувањето како на пример САД, економската нееднаквост кај граѓаните и понатаму расте. Главна причина е што економскиот раст не се распределува подеднакво. Од друга

страна, со мерки како социјалната помош или земјоделските субвенции кои што завршуваат главно кај граѓани со пониски приходи, се прераспределува значителен дел од доходот“, вели Славески. Професорот Марјан Петрески исто така смета дека прогресивниот данок нема многу да смени, бидејќи тој ќе ги направи богатите помалку богати, но нема да ги направи сиромашните помалку сиромашни. „Нема гаранција дека ре-дистрибутивната функција на буџетот ќе работи за сиромашните, особено во услови на недоволна буџетска ефикасност и транспарентност. Се отвора прашањето на кој начин ќе се искорени сиромаштијата ако буџетот има повеќе пари кои ги зафатил од богатите. Со зголемување на социјалната помош? Мислам дека е сосем погрешен пристап, бидејќи нејзиниот пораст стимулира неактивност и долгорочно им наштетува на примателите во смисла на нивната неспособност да се вклучат на пазарот на труд и да заработуваат пазарен доход.

ВМРО ДМПНЕ: ЌЕ ПРОДОЛЖИМЕ СО ПОЛИТИКА НА НИСКИ ДАНОЦИ


www.kapital.mk

Капитал број 893 09.12.2016

13 Напротив, нив треба да им се помогне на начин на кој полесно ќе излезат од сиромаштија, наместо да им се доделува незаработен доход“, вели Петрески. Тој сугерира државата да вложува повеќе во образованието за да се зголеми веројатноста дека децата кога ќе пораснат нема да живеат во сиромаштија, а од друга страна, кај возрасните, според него, потребно е да се применат различни социјални политики, како условени парични трансфери, субвенции за обука и преквалификација, додаток на пазарен доход до одреден износ и други активациски политики кои ќе поттикнат да бараат работа. Полскиот економист Лешек Балчеровиц, кој што се смета за архитект на полската трансформација од социјализам во капитализам, неодамна во интервју за Капитал призна дека не требало да го послуша ММФ кој сугерирал прогресивен данок наместо рамно оданочување. Тој вели дека ММФ нема јасна позиција околу моделот на оданочување на приходите, но на некој начин поддржува прогресивно оданочување. „Мислам дека сиромаштијата не може да се искорени или барем намали преку зголемување на давачките за побогатите. Тоа се прави преку отворање на нови

фотографија извор: mia.mk

СДСМ: Поголем данок за менаџерите и газдите

В

о оваа група од 5% граѓани со повисок доход доминираат главно луѓе на менаџерски позиции во моќните компании или најголемите сопственици на капитал во земјава. Досега тие во голема мера беа задоволни од ниските и рамни даноци, а премолчуваа за рушењето на институциите и паѓањето на квалитетот на јавните услуги. Посилното нивно оданочување ќе обезбеди и нивна посериозна грижа за тоа како државата ги троши нивните пари. Со други зборови, ги стимулираме повеќе да се интересираат за квалитетот на јавните услуги и правилното функционирање на институциите, велат од СДСМ.


www.kapital.mk

Капитал број 893 09.12.2016

14

COVER STORY

работни места. Сиромашните нема да станат побогати ако државата одзема поголем дел од доходите на побогатите. Но, ако приходите на богаташите всушност доаѓаат од нивните врски со властите, тогаш тие врски мора да се прекинат. Според мене, клучно е да се надмине нееднаквоста во можностите во едно општество, односно еднакво талентирани луѓе да имаат ист пристап до образование“, вели Балчеровиц. Од друга страна, аналитичарот Бранимир Јовановиќ е еден од оние кои што ја поддржуваат идејата за воведување на прогресивни стапки на персонален данок на доход. Тој смета дека „треба да се намали даночниот „товар“ на луѓето со пониски доходи, а да се зголеми на граѓаните со повисоки доходи. Сега оние со минимална плата и даваат на државата околу една третина од своите примања (како персонален данок и придонеси), додека оние со максималната плата и даваат само една десетина. Треба да се воведе систем според кој „товарот“ на оние со минимална плата ќе се намали (на пример, на 20%), а на оние со највисоки плати ќе се зголеми (на пример, на 45%). Германија, на пример, има вакви стапки“, оценува Јовановиќ. Од персоналниот данок на доход, минатата година се слеаја 200 милиони евра во државната каса. Нема проценки колку дополнителни приходи ќе се слеат во Буџетот доколку се воведе прогресивна стапка. Од СДСМ објаснуваат дека воведувањето прогресивен данок на доход е само еден од елементите за намалување на нееднаквоста меѓу граѓаните. „На земјава и треба систематски пристап во борбата со нееднаквоста. Ние сметаме дека тоа е можно со поставување пет столба во општеството во Македонија коишто имаат за цел корекција на нееднаквоста. Прво, воведување максимална транспарентност

НИЕ СМЕ ВРСКАТА СО СИТЕ ДЕЛОВНИ ПОДАТОЦИ КОИ ВИ СЕ ПОТРЕБНИ

#1

ЗА БИЗНИС ИНФОРМАЦИИ

ЗА ПАМЕТНИ ДЕЛОВНИ ОДЛУКИ!

02 / 3117 100 info@targetgroup.mk www.targetgroup.mk

во трошењето на парите на граѓаните од страна на власта. Ова е особено значајно бидејќи секогаш луѓето на власт ќе најдат начини како парите да завршат главно кај нив, а сите останати да добијат по многу малку или речиси ништо. Второ, механизми на прераспределба на доходот, пред се преку даноците и социјалните трансфери. Во земјава, даноците и социјалните трансфери воопшто не ја коригираат нееднаквоста. Ова не е случај со останатите земји. На пример, во Словенија нееднаквоста на доходот сериозно се намалува откога даноците ќе зафатат доход од побогатите групи на населението, а социјалните трансфери тој доход го распределуваат на ранливите граѓани“, вели Тевдовски. Најголем дел од земјите членки во ЕУ применуваат прогресивен персонален данок на доход. Само шест од 28 земји од ЕУ тековно применуваат рамен данок. Тоа се источно европските земји Естонија, Литванија, Летонија, Романија, Бугарија и Унгарија. Во последните две години неколку земји го заменија рамниот данок со воведување прогресивен. Словачка во 2013 година го замени рамниот данок со прогресивен данок на доход со две даночни стапки 19% и 25%, а истото го направи и Албанија минатата година со воведување на персонален данок на доход со воведување на три стапки, 0%, 13% и 23%.

Економскиот раст ги полни џебовите на газдите, не на работниците

Факт е дека раслојувањето во Македонија веќе поприма загрижувачки размери. Економистите објаснуваат дека порастот на економијата не го чувствуваат сите граѓани бидејќи тој нееднакво се распределува помеѓу различните слоеви. Универзитетскиот професор Марјан Петрески вели дека посиромашните граѓани најмалку чувствуваат подобрување на животниот стандард бидејќи најголем дел од доходот што се создава завршува во џебовите на газдите на компаниите, а сосема мал дел кај работниците. „Ако го гледаме економскиот раст низ перспектива на факторите на производство, тогаш ќе забележиме дека поголем дел од новосоздадената вредност е распоредена кај сопствениците на капиталот, а помал дел кај трудот. Тоа значи дека богатите стануваат побогати, а сиромашните помалку го чувствуваат економскиот раст на сопствена кожа“, коментира Петрески. Економскиот аналитичар, Бранимир Јовановиќ ја потврдува оваа теза со конкретни статистички податоци за последните пет години. „Растот во периодот 2010-2014 година, скоро целосно се должи на градежништвото односно проектите што ги финансира државата и индустријата предводена од новите странски инвестиции. Во градежништвото, вкупните средства кои завршуваат кај работниците во овој период пораснале за 25%, додека во индустријата, за 10%. Во истото ова време, профитите на сопствениците на капиталот во градежништвото пораснале за 90%, а во индустријата за 100%. Со други зборови, од градежната експанзија финансирана од страна на државата, и од приливот на странски инвестиции, полза имаат пред сè малкумината „газди“, оценува Јовановиќ. Евиденцијата на Светската банка покажува дека во периодот од 2000 до 2010 година, најбогатите луѓе во земјава станале уште побогати, а најсиромашните уште посиромашни. Ако во 2000 година најбогатите 10% од луѓето во земјава поседувале 25,7% од вкупниот доход, десет години подоцна нивното учество се зголемило на 32%. Во исто време, учеството на најсиромашните граѓани во националниот доход се намалило од 2,4% на 1,9%. Уште еден показател што покажува дека разликата меѓу оние што имаат и немаат е огромна е Gini коефициентот кој во 2013 година во Македонија изнесува 37. Колку што е овој индекс повисок, толку е понерамномерна распределбата на доходот. Според податоците на Евростат, само Србија има повисок Gini коефициент од Македонија. Од останатите земји во регионот, во Бугарија изнесува 35,4, во Грција 34,4, во Хрватска 30,9 додека пак во Словенија е најнизок и изнесува 24,4. nnn



Капитал број 893 09.12.2016

16

ИНТЕРВЈУ

Понудата на нашите луѓе им е сосема јасна, од една страна имаат план, работливост, чесност, искреност, енергичност и компетентност, а од другата страна имаат само режим кој грчевито се бори за своите украдени милијарди, украдени од нашите џебови и одземени од иднината на нашите деца. Јас уживам во оваа кампања и едно знам – ние победивме, а на 11 декември ќе победи Македонија!

www.kapital.mk


www.kapital.mk

INTERVIEW

Капитал број 893 09.12.2016

17

ЗОРАН ЗАЕВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СДСМ:

“ ЕДНО ЗНАМ

НИЕ ПОБЕДИВМЕ, А НА 11 ДЕКЕВМРИ ЌЕ ПОБЕДИ МАКЕДОНИЈА! “


www.kapital.mk

Капитал број 893 09.12.2016

18

ИНТЕРВЈУ

O разговарал:

Максим Ристески

maksim.risteski@kapital.mk

X„Овие X избори не се за партија, гласате за вашиот живот!“, се ваши зборови со кои ја потенцирате историчноста на моментот изборите во недела. Со какви впечатоци од кампањата низ Македонија го очекувате изборниот ден? Свесни ли се граѓаните за што ќе одлучуваат?

ЌЕ ГО ОСЛОБОДИМЕ И ПОДОБРИМЕ ДЕЛОВНИОТ АМБИЕНТ!

Ќе воведеме јавен регистар на инспекциски контроли со цел елеминирање на субјективноста во вршењето на контролите. Граѓаните ќе бидат контролори на инспекциите. Изминативе години се сретнав и разговарав со илјадници наши сограѓани, во нивните очи гледав тага и разочарување; куп проблеми кои ги мачат. Во кампањата овие дваесетина дена гледам оптимизам и надеж. Огромен ентузијазам. Луѓето го прифакаат нашиот План за живот во Македонија. Ова е кампања со неверојатна позитивна енергија! Го чувствувам тоа каде

и да одам, нема село и нема град што не го поминав и секаде впечатокот е ист – луѓето ја препознаваат промената која доаѓа! Зборував со млади, со сопственици на мали и средни претпријатија, со земјоделци, со доктори, со пензионери, со работници, со невработени, со луѓе кои силно страдаат од сиромаштија и од чизмата на овој режим, и сите тие се со една порака –

ЗАЕВ: ИМАМЕ ОДЛИЧЕН УСТАВ, ЕВРОПСКИ УСТ


www.kapital.mk

Капитал број 893 09.12.2016

19

Сакаме живот! А ние ќе бидеме партнери на граѓаните и заедно ќе изградиме убав живот за сите! Понудата на нашите луѓе им е сосема јасна, од една страна имаат план, работливост, чесност, искреност, енергичност и компетентност, а од другата страна имаат само режим кој грчевито се бори за своите украдени милијарди, украдени од нашите џебови и одземени од иднината на нашите деца. Јас уживам во оваа кампања и едно знам – ние победивме, а на 11 декевмри ќе победи Македонија! XКои X би биле клучните приоритети од првите сто дена на владата во која вие би биле премиер? Во нашата програма имаме поместено План 180 за првите 6 месеци од нашиот мандат и План 24 за првите две години од мандатот. Во План 180 предвидуваме да ги превземеме првите најитни чекори во сите области, економија, судство, образование, здравство, медиуми, борба против корупција, социјална заштита. Ќе

НАШИОТ ПЛАН СТАВА КРАЈ НА КРАЖБИТЕ НА ПАРИ, И НА ЖИВОТИ

Нашиот план става крај на кражбите не само на пари, туку и на кражбите на животи, и поради тоа се сите измислици, федерализации за коишто никој не говори освен Груевски. го продолжиме мандатот на Специјалното Јавно Обвинителство, одлучни сме во борбата против корупцијата и криминалот. Ќе ја вратиме евтината тарифа за струја. Ќе го укинеме екстерното тестирање. Ќе ја зголемиме минималната плата на 12.000 денари за сите сектори. Тоа значи зголемување за 3.000 денари за вработените во текстилната и кожарската индустрија и зголемување за 1.920 денари

за сите останати вработени. Ќе воведеме буџетска финансиска поддршка за текстилната и кожарската индустрија, за нивно постепено приспособување на оваа обврска. Ќе го ослободиме и подобриме деловниот амбиент! Ќе воведеме јавен регистар на инспекциски контроли со цел елеминирање на субјективноста во вршењето на контролите. Граѓаните ќе бидат контролори

ТАВ, НЕМА ДА ДОЗВОЛАМ НИКОЈ ДА ГО СМЕНИ


www.kapital.mk

Капитал број 893 09.12.2016

20

ИНТЕРВЈУ

на инспекциите. Ќе воведеме регистар на парафискални давачки со цел да се намалуваат давачките на фирмите. А, веднаш ќе ја намалиме фирмарината за претпријатијата со помалку од 5 вработени. Ќе воведеме предвидливост во носењето на законите! Задолжително консултирање со бизнис секторот при носење на нова регулатива. Институциите задолжително ќе објавуваат упатства за примена на законите. XКолкав X е ризикот во однос на изборниот резултат од вашето залагање за законско доимплементирање на Рамковниот договор во делот за употребата на јазиците, што ВМРО-ДПМНЕ го експлоатира со обвинувања дека сте дел од план за федерализација на Македонија? Федерализацијата е лага. Како што беа лага странските служби, жолтите комбиња. Ви гарантирам, имаме одличен Устав, европски Устав, нема да дозволам никој да го смени, Уставот и ќе се почитува и спроведува. Нашиот план става крај на кражбите не само на пари, туку и на кражбите на животи, и поради тоа се сите измислици, федерализации за коишто никој не говори освен Груевски. Груевски разбира само што треба да направи за себе, а не за граѓаните, и затоа точка број еден со која ги плашат граѓаните е федерализација. Не дозволувајте да ве лаже режимот за да си обезбедат нови четири години за да продолжат да крадат и да ве осиромашуваат и да ги уништуваат вашиот и животот на вашите синови и ќерки. Нема да има федерализација, ви ветувам, ќе има конфискација на нелегално стекнатиот имот на Груевски и неговиот режим.

Нема да има федерализација, ви ветувам, ќе има конфискација на нелегално стекнатиот имот на Груевски и неговиот режим.

XАнкетите X и аналитичарите најавуваат тесен изборен резултат. Можно ли е воопшто сценарио за влада во која би биле заедно со ВМРО-ДПМНЕ, секако не со актуелното раководство, што е ваша позната црвена линија? На овие избори ќе победи опозицијата и ќе имаме мнозинство да формираме Влада. Имаме план и обезбедуваме живот за сите граѓани на Македонија. Работевме сериозно на овој план и имаме решение за секој проблем на нашите луѓе. Ќе ги поддржиме домашните фирми, испланиравме 140 милиони евра за поддршка на домашните фирми и отварање нови работни места, ќе ги стимулираме малите и средни претпријатија во првата година од мандатот со 20 милиони евра и таа бројка ќе расте и во четвртата година од мандатот ќе биде 50 милиони евра годишно. Малите и средни претпријатија ќе бидат носители на економскиот развој на Македонија, даваме шанса за младите претприемачи, предвидуваме по 10.000 евра неповратни пари за млади луѓе со добра бизнис идеја. Наша цел е да мотивираме инвестиции и иновации затоа ќе им помогнеме на компаниите

(ИТ, телекомуникации, архитектура) со покривање до 50% од трошоците за опрема неопходна за нова инвестиција до 50. 000 евра. Ќе имаме почитувани и достоинствени работници, парите ќе ги насочиме кон граѓаните, институциите ќе работат во служба на граѓаните. XШто X би им порачале во најзбиена форма на граѓаните, денеска (петок), ден пред изборниот молк? Да ја спасиме Македонија со глас и пенкало. Во раце го имате пенкалото на животот. Немаме втор живот, па со овој да експериментираме. 500.000 наши граѓани живеат под праг на сиромаштија, фирмите се гушат во казни и притисоци, ние имаме план и ќе го промениме тоа. Знаеме како, можеме многу, нудиме визија за сите нас базирана на докажани светски практики и методи кои ќе придонесат за развој на нашата земја. Ова не е бајка, ова е план базиран на наука, историја и факти. Во Македонија ќе има добар и достоинствен живот за сите, се обврзувам на тоа! 11 декември е ден за одлука, затоа излезете и гласајте, не дозволувајте некој друг да решава место вас за вашиот живот. Не дозволувајте некој друг да го злоупотреби вашето право. Да ја спасиме Македонија заедно! nnn

ЗАЕВ: ЛУЃЕТО ЈА ПРЕПОЗНАВААТ ПРОМЕНАТА КОЈА ДОАЃА!


СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

БРЕНДОВИ

16

ДЕКЕМВРИ

2016

ДИГИТАЛНОТО ВРЕМЕ И НОВИТЕ ПРАВИЛА НА БРЕНД МАРКЕТИНГОТ Не е далеку денот кога паметните фрижидери во домот ќе порачуваат продукти директно од супермаркет, заштедувајќи им го времето за рутински секојдневни задачи на потрошувачите. Дали тогаш ќе има смисла компаниите да трошат милијарди долари за традиционално рекламирање? Брендовите стануваат свесни дека потрошувачот денес бара многу повеќе од само обично потсетување оти треба да го купи нивниот детергент, чоколадо или сок. Потрошувачот сака негово вклучување во градење на приказната за брендот – engagement е клучниот збор за сите маркетинг стратези во моментов. Капитал го подготвува специјалниот прилог “Брендови: Дигиталното време и новите правила на бренд маркетингот“ каде што ќе објасниме како најефективно да се вклучат потрошувачите во развојот на еден бренд. Преку примери на успешни светски, регионални и локални брендинг кампањи ќе ви дадеме скапоцено know – how за креирање на бренд приказна имајќи ги предвид сите фактори на денешниот дигитализиран начин на живеење: новите технологии, интернетот, социјалните мрежи...

l ENGAGEMENT: АКТИВНО ВКЛУЧЕТЕ ГИ ПОТРОШУВАЧИТЕ ВО ПРИКАЗНАТА ЗА ВАШИОТ БРЕНД l КАКО ТЕХНОЛОГИЈАТА ГО МЕНУВА МАРКЕТИНГОТ? ШТО ЌЕ СЕ СЛУЧУВА СЛЕДНИТЕ 10 ГОДИНИ? l КАКО ДА ЈА ИСКОРИСТИТЕ ЕМОЦИЈАТА ВО КРЕИРАЊЕ НА ПРИВЛЕЧНА АДВЕРТАЈЗИНГ СОДРЖИНА: ЛЕКЦИИ ОД СВЕТСКИТЕ МЕГА БРЕНДОВИ l НЕКОГАШ И СЕГА: ЕВОЛУЦИЈАТА И РАСТОТ НА ДИГИТАЛНИОТ МАРКЕТИНГ l 10 ИДЕИ ШТО ГО СМЕНИЈА СВЕТОТ НА МАРКЕТИНГОТ l УСПЕШНИ РЕГИОНАЛНИ И МАКЕДОНСКИ ПРИМЕРИ НА НОВИ БРЕНДИНГ СТРАТЕГИИ l КОЛКУ МАКЕДОНСКИТЕ КОМПАНИИ ЈА КОРИСТАТ ДИГИТАЛНАТА КОМУНИКАЦИЈА ЗА КРЕИРАЊЕ НА ПРИКАЗНАТА ЗА БРЕНДОТ Повеќе информации во врска со прилогот и за претставување во истиот можете да добиете на е-мail: marketing@kapital.com.mk l gordana.mihajlovska@kapital.mk или на телефонскиот број ++ 389 2 3298 505

ЛИЦE ЗА КОНТАКТ:

ГОРДАНА МИХАЈЛОВСКА


www.kapital.mk

Капитал број 893 09.12.2016

22

КАПИТАЛ АНАЛИЗА

43,5%

432,6 385,9 ТРАНСФЕРИ ОД ДРЖАВНИОТ БУЏЕТ ДО ПИОМ

343,0

(МИЛИОНИ ЕВРА)

41,8%

41,3%

41,4%

255,3 231,3

37,9%

УДЕЛ ВО ВКУПНИОТ БУЏЕТ НА ПИОМ

35,4%

33,5%

2009

43,2%

284,6

33,9%

227,9

346,6

452,6

2010

Податоци од Буџетот на Министерството за финансии

2011

2012

2013

2014

2015

2016

НОВИТЕ ВРАБОТУВАЊА НЕ НОСАТ ПРИХОДИ ВО ФОНДОВИТЕ

СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ ЈА ЗГОЛЕМУВААТ И “ДУПКАТА” ВО ФОНДОТ ЗА ПЕНЗИСКО

2017


www.kapital.mk

Капитал број 893 09.12.2016

23

В пишува:

Биљана Здравковска Стојчевска biljana.zdravkovska@kapital.mk

Во изминатиов период се почести и поотворени станаа предупредувањата упатени од меѓународните финансиски институии до Македонија за неодржливоста на пензискиот фонд. И ММФ и Светската банка веќе и многу отворено го посочуваат горливиот проблем за растечката дупка во пензикиот фонд, а кој власта во изминатиот период го буткаше под тепих. Тие се многу децидни дека без конкретни реформи, редовната исплата на пензиите ќе биде голем товар за идните генерации.

заради кои пензискиот фонд тоне во проблеми.

Каде е проблемот или помали придонеси, поголеми проблеми!

Финансиската кондиција на пензискиот фонд почна да се влошува од 2008 година наваму откако властите одлучија да ја намалат стапката на придонес за пензиско осигурување од 21,2% од основицата, на 18% колку што е и денес. Аналитичарите велат дека намалените придонеси не обезбедија поголеми приходи од придонеси преку поттикнување на вработеноста туку креираа поголем дефицит во пензискиот фонд. Дополнително на ова субвенциите кои власта им ги дава на странските инвеститори и ослободувањата од плаќање на придонеси за здравствено осигурување, успеаа да донесат повеќе фабрики во зоните и повеќе вработувања, но тие вработувања не донесоа приходи во пензиските фондови. Бидејќи фондовите ги губат осигурениците за кои се плаќаат придонеси, а добиваат нови осигурении за кои не се плаќаат придонесеи заради ослободуањата кои ги дава власта. Најголемиот дел од политиките на власта за отварање на нови раборни места, почнувајќи од слободните економски зони, но и проектот Македонија вработува, во основа се потпираат на ослободување на плаќање на придонеси за пензиско или персонален данок на доход. Овие мерки се можеби ефикасни во поттикнување на врабоувањата, но тие резултираат со помали приходи во пензискиот фонд и се сосема контрадикторни со дарежливите политики кои ги води власта во изминативе години за зголемување на пензиите. Веќе и многу есперти и бизнисмени почнуваат да реагираат на овој дефект во економските политики, кои создаат проблеми не само во фондовите, туку и во целата економија и бараат да се направи анализа на штетите и придобивките за економијата. “Нееднаквата положба меѓу домашните и странските компании во Македонија создава нелојална конкуренција на пазарот на труд и им прави штета на фондовите за пензиско, здравствено и инвалидско осигурување, кои губат осигуреници кои плаќаат придонеси, а

Во изминатиов период се почести и поотворени станаа предупредувањата упатени од меѓународните финансиски институии до Македонија за неодржливоста на пензискиот фонд. И ММФ и Светската банка веќе и многу отворено го посочуваат горливиот проблем за растечката дупка во пензикиот фонд, а кој власта во изминатиот период го буткаше под тепих. Тие се многу децидни дека без конкретни реформи, редовната исплата на пензиите ќе биде голем товар за идните генерации. Состојбата и сега е веќе алармантна, ако се тргне од фактот што речиси половина од пензиите се покриваат со пари од буџетот, бидејќи парите на пензиксиот фонд не се доволни за редовно да се исплатата пензиите на над 300 илјади пензионери. Податоците покажуваат дека повеќе од половина од пензиите на вкупно 312.858 пензионери догодина ќе се исплатат со префрлање на пари од државната каса, покажуваат пресметките од Предлог Буџетот за 2017 година. Од вкупно 832,7 милиони евра колку што ќе бидат потребни за исплата на пензиите, дури 452,6 милиони евра, односно 54,3% ќе дојдат како трансфер од Буџетот бидејќи приходите од придонесите за пензиско осигурување не се доволни. Оваа сума е за 20 милиони евра повеќе отколку годинава, што покажува дека дефицитот во пензискиот фонд, односно разликата меѓу трошоците за пензии и приходите од придонесите се зголемува. Тоа ги загрижи меѓународните финансиски институции како ММФ и Светска банка кои во своите последни извештаи предупредија дека дефицитот во Фондот за пензиско осигурување е прилично голем со тенденција да расте. ММФ предупреди дека без реформи и со намалувањето на работоспособното население, пензискиот дефицит од 4,5% од БДП, може да се зголеми двојно повеќе до 2030 година. ММФ во својот последен ЧЕСТ НИ Е, ЈАВНО ДА ИМ СЕ ЗАБЛАГОДАРИМЕ извештај дури ја охрабри Владата да ја зголеми НА СИТЕ НАШИ ПРИЈАТЕЛИ И ДЕЛОВНИ ПАРТНЕРИ старосната граница за ЗА ИСКАЖАНИТЕ ЧЕСТИТКИ ПО ПОВОД 26 ГОДИНИ пензионирање за да го ОД ОСНОВАЊЕТО И УСПЕШНОТО РАБОТЕЊЕ спаси пензискиот фонд од НА ГРУПАЦИЈАТА КАНЕТ. поголеми проблеми. Но, очигледно е дека ваквите еднократни АДЕМ КОЧАН потези и мерки нема да ги ГРУПАЦИЈА КАНЕТ елиминираат причините

ЈАВНА БЛАГОДАРНИЦА


www.kapital.mk

Капитал број 893 09.12.2016

24

КАПИТАЛ АНАЛИЗА

добиваат осигуреници за кои никој не плаќа придонеси”, изјави неодамна Ангел Димитров, претседател на Организацијата на работодавачи (ОРМ). Тој го посочи проблемот со кој се соочува домашната текстилна индустрија, кои остануваат без квалификуван кадар во кој е вложувано со години, затоа што заминуваат во странските компании кои добиваат субвенции од државата. “Државните субвенции во вид на ослободување од данок и придонеси што ги добиваат странските фабрики во технолошко-индустриски развојни зони (ТИРЗ) им овозможуваат да исплаќаат малку повисоки плати и на тој начин да ги привлечат квалификуваните работници од домашните фабрики кои не можат да користат вакви субвенции од државата со кои би се намалиле нивните трошоци. На ваков начин домашните фирми преку ноќ се празнат од квалитетен кадар во кого со години било вложувано„ изјави Димитров, потенцирајќи дека за тие вработени кои претходно домашните фирми плаќале придонеси, откако ќе се вработат во странските субвенционирани инвестиции, фондовите губат приходи бидејќи странците се ослободени од плаќање придонеси за новите вработувања. Со тоа се создаваат дупки во фондовите и дологорчни проблеми за нивно функционирање. Неодамна и Горан Рафајловски, основач на Рафајловски консалтинг и потпретседател на Стопанската комора на Македонија го посочи проблемот кој го зодаваат субвенциите на странските компании за фондови.За да се создаде одржли пензиски систем, Рафајловски предлага да престане субвенционирањето на придонесите на компаниите од слободните зони, а во следните 10 години вработувањето во администрацијата да биде строго контролирано. „Oд Буџетот на Македонија кој изнесува 3,3 милијарди евра се префрлуваат дотации кон Фондот за пензиско и инвалидско осигурување во износ од околу 470 милиони евра, што е речиси 15% од буџетот. Тоа е износ што ниту една држава не може да го долгорочно да го издржи, посебно што во иднина износот само ќе се зголемува“, вели Рафајловски. Грубите пресметки велат дека ако во

Во 2009 година со трансфери од буџетот се покриваа 33,9% од трошоците на Фондот за пензиско осигурување, додека денес дури половина од пензиите се покриваат преку трансфери од централниот буџет. Македонија има 650.000 вработени, од кои во јавна администрација се 182.000, со договори на дело 30.000, во зоните и јавните претпријатија 40.000. Остануваат 400.000 вработени во стопанството кои треба да ги издржуваат на месечно ниво тие 250.000 кои работат и 300.000 пензионери. „Бројките покажуваат дека пензискиот систем ни е потполно неодржлив. За промена на состојбите неопходно е прво да се зголеми процентот на придонесот за пензија. На секои 2 години по 1%, до најмногу 3%. Второ, треба да се известат компаниите од технолошко индустриските развојни зони дека субвенционирањето на придонесите ќе престане и дека ќе мора да плаќаат на минималец. Ова е изводливо доколку им се даде рок од три години да се подготват. И трета мерка, која е најнепопуларна но неопходна, е да се зголеми старосната граница за пензионирање на 65 години за жени и 67

години за мажи“, предлага д-р Рафајловски. Неопходни, според него, се и дополнителни зафати – треба да се зголемува бројот на вработени во Македонија, строго да се контролира вработувањето во администрацијата во следните 10 години. „Ако не се преземат овие мерки, Фондот најмногу за 10, а реално за 5 години ќе колабира. Зашто, ќе треба 30% од Буџетот да оди како дополнување на Фондот за ПИОМ а тоа Буџетот нема капацитет да го издржи. Нема држава што може 30% од Буџетот да го префрлува за пензии“, укажува Рафајловски. Експертите од оваа област објаснуваат дека постојат две решенија што може да се применат за да се подобри финансиската кондиција на пензискиот фонд, а тоа се зголемување на стапката на придонес за пензиско осигурување, или пак подигнување на старосната граница за пензионирање. Овие мерки се непопуларни

ФАКТ: 54,3% ОД ПЕНЗИИТЕ СЕ ПОКРИВААТ ОД БУЏЕТОТ



www.kapital.mk

Капитал број 893 09.12.2016

26

КАПИТАЛ АНАЛИЗА

за спроведување, меѓутоа, експертите се децидни дека пензискиот систем ќе мора повторно да се реформира, бидејќи е доведена во опасност неговата одржливост. Во ситуација која трансферите од државниот буџет до Фондот за пензиско постојано се зголемуваат и веќе се доближуваат до 50% од трошоците за пензии, очигледно е дека мора да се применати други непопуларни решенија, како на пример зголемување на стапката на придонес. Оваа мерка би била неповолна за приватниот сектор и ќе влијае тие помалку да вработуваат, но како што одминува времето тоа станува неизбежно решение.

Една милијарди евра за пензии во 2030 година

Б

ројот на пензионери до 2030 година ќе се зголеми за уште 50.000 луѓе и ќе се искачи на околу 355.000. Трошоците за пензии од сегашните 832,7 милиони евра, во следните 15 години ќе надминат една милијарда евра. Просечните пензии што ќе ги земаат идните пензионери, од сегашните 80% од просечната нето-плата, ќе паднат на 58% од просечната нето-плата во 2030 година.

ММФ и Светска банка: Пензискиот систем е неодржлив

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во својот последен извештај на македонските власти им препоралува да размислат за зголемување на старосната граница за одење во пензија за да се среди гомелата нерамнотежи во државниот пензиски фонд. Зголемувањето на трошоците на новите задолжувања, високите фискални потреби и неодамнешното намалување на кредитниот рејтинг од „Фич“ ги зголемија краткорочните фискални ризици. Истовремено, јавните финансии, исто така, се соочуваат со долгорочни предизвици поради стареењето на популацијата. “Потребни се заштеди, преку рационализација на на земјоделските субвенции и трансферите кон локалната власт кои не се добро насочени, како и воздржување од ад хок зголемувања и великодушните индексирања на пензиите”, се вели во Извештајот на ММФ. Како важна среднорочна цел ММФ посочува дека земјата мора да обезбеди одржливост на пензискиот систем. “И покрај поранешните реформски параметри при воведувањето на вториот столб, првиот столб се соочува со значителни нерамнотежи заради стареењето на населението и намалување на стапката на контрибуција. Дефицитот во пензискиот фонд кој изнесува значителни 4,5% од БДП е проектирано да се зголеми повеќе од двојно до 2030 година. За да обезбедат стабилност

ги охрабруваме властите да го разгледаат зголемувањето на старосната граница за пензионирање, како и индексацијата на пензиите да се поврзе со трошоците на живот, да се воведат политики за да се зголеми партиципацијата на работната сила и да се зголемат стапките на контрибуција”, се вели во најновот Извештај на ММФ. И Светската банка во извештај објавен на почетокот на годината констатираше дека пензискиот систем на Македонија е фискално неодржлив на среден рок. Притоа, оваа меѓународна финансиска институција посочи дека иако Македонија направила здрави реформи во последните години, од кои некои се оценети како многу успешни, како што е елиминирањето на раната стапка на пензионирање и воведување на возрасни ограничувања кај општата инвалидската пензија, сепак, македонскиот пензиски систем е малку веројатно дека ќе може да се справи со проблемот на население кое забрзано старее. „Во отсуство на други реформи веројатно е дека ќе се случи значителен дефицит,

дури и да продолжат акт уелните поволни макроекономски трендови и покрај неодамнешното воведување на доброволно зголемување на возраста за пензионирање“, се наведува во извештајот на Светска банка. Притоа се појаснува дека според основното конзервативно сценарио, пензискиот дефицит би достигнал 10,5% од БДП до 2030 година. Имплицитниот пензиски долг се проектира да остане над 400% од БДП, што е висока стапка споредено со меѓународните стандарди и ќе претставува големо оптоварување за идните генерации. „Дефицитите во столбот на генерациска солидарност на краток и среден рок ќе ги „исцрпуваат“ јавните средства и ќе го пролонгираат зголемувањето на стапката на придонес за вториот столб. Како последица од тоа, великодушните пензии само кај столбот на генерациска солидарност можат да доведат до социјално неодржливи пензии кај повеќе столбови во иднина“, се вели во извештајот на Светска банка. nnn

ДИМИТРОВ: СУБВЕНЦИИТЕ ЗА СДИ ИМ ПРАВАТ ШТЕТА НА ФОНДОВИТЕ


www.detoil.com.mk


Капитал број 893 09.12.2016

28

ИНТЕРВЈУ

На странските пазари постои голема конкуренција која наметнува високо ниво на иновативност, следење на трендовите во индустријата, конзистентен квалитет на производите, како и високо ниво на професионализам во преговарањето. Се цени севкупното работење при што клучни фактори за успех се флексибилноста во испораките, целокупната услуга кон клиентите како и градењето на доверба со бизнис партнерите. Присутни сме на сите континенти и успеавме да докажеме дека Мade in Macedonia е бренд за гордеење.

www.kapital.mk


www.kapital.mk

Капитал број 893 09.12.2016

INTERVIEW

29

ИСКРА ВЕТАЏОКОСКА МУЦУНСКА КО - СОПСТВЕНИК НА ВИТАЛИА

НЕ МОТИВИРА ИДЕЈАТА ДА КРЕИРАМЕ МАКЕДОНСКИ ПРОИЗВОД СО СВЕТСКИ КВАЛИТЕТ XВиталиа X неодамна отпочна нова кампања насловена како “Помалку шеќер за повеќе здравје”. Која е целта на оваа кампања и што се ќе опфати таа? Виталиа како лидер на пазарот во производство на здрава храна активно ги следи трендовите во областа, но и препораките на Светската здравствена организација. Сметам дека тоа е од исклучителна важност за нас и нашите потрошувачи, да создаваме здрави и вкусни производи според светски стандарди, но и да ги едуцираме потрошувачите за важноста од здравата исхрана. Всушност, тоа е и една од причините за креирање на новата кампања “Помалку шеќер за повеќе здравје”, подигнување на свесноста на граѓаните за влијанието на шеќерот врз нивното здравје. Во таа насока создадовме нова палета на оригинални производи без додаден шеќер и го започнавме процесот на намалување на нивото на шеќери во целиот асортиман на Виталиа, задржуваќи го нивниот препознатлив вкус и функционалност. Најоригинален производ од новата палета на Виталиа е Joyful Sweets бонбониера која е прва на пазарот без шеќер и со 30% помалку калории. За нашите најмили, пак, децата, креиравме нови Crunchy Muesli и овесна каша без додаден шеќер за здрав појадок. А за енергичните сладокусци создадовме вкусни здрави оризови галети со крем како и мини житни плочки Bites2Go без додаден шеќер. Со кампањата “Помалку шеќер за повеќе здравје” сакаме да ги поттикнеме потрошувачите да обрнат повеќе внимание на нивото на шеќер во продуктот пред да

ВЕТАЏОКОСКА:

се одлучат за истиот. Научно е потврдено дека шеќерот има низа негативни влијанија врз здравјето како што се дебелеењето, хиперактивноста, несоницата и кариесот, забрзаното стареење на кожата, намалената активност на мускулите како и намалувањето на имунитетот и отпорноста на организмот. Како дел од кампањата “Помалку шеќер, за повеќе здравје” ќе организираме низа општествено одговорни активности. Како продолжение на проектот 5ка за Здрава Храна за кој Виталиа ја доби наградата 29 ноември од Град Скопје, нашиот тим нутриционисти ќе одржи едукативни предавања во основните училишта и градинките давајќи свој придонес во создавањето здрави навики кај децата од најрана возраст. Истовремено, Виталиа ќе се погрижи за децата на клиниката за онкологија, децата со посебни потреби, како и за децата од СОС детското село. На сите нив ќе им бидат донирани пакетчиња со производи без додаден шеќер од уникатната палета на Виталиа. Контролата нa количеството на шеќер во секојдневната исхрана треба да започне што поскоро. Токму затоа како лидери во својата област ја започнавме оваа кампања како и иницијативата за намалување на шеќерот во продуктите. Се надеваме дека истата ќе ја следат и останатите производители посебно на кондиторија, а во интерес на потрошувачите и нивното здравје. XВо X изминативе неколку години Виталиа разви многу нови производи, кои беа прилично иновативни и кои таргетираа

повеќе категории на потрошувачи. Како одлучувате каков производ ќе понудите на пазарот и што тоа значи од аспект на инвестиции во процесот на поизводство? Нашата цел е на потрошувачите да им овозможиме избор на здрави и уникатни производи за сечиј вкус. Се трудиме да ги изненадиме со нашата иновативност, да креираме производ со бенефит кој со задоволство ќе го консумираат. Но, не само тоа. Не мотивира идејата да креираме македонски производ со светски квалитет на кој македонскиот потрошувач се гордее. Токму затоа палетата на Виталиа е многу широка и ги опфаќа сите категории на консументи, возрасните, адолесцентите, децата, спортитстите, диеталците, вегетаријанците, поборниците за палео и хроно исхрана и сите оние кои се посветени на здравиот живот. Нашите производи креираат позитивни чувства кај потрошувачите кои се врзуваат и се идентификуваат со брендот Виталиа како синоним за тренд, иновативност и креативност. Во Виталиа го вреднуваме мислењето на секој вработен и сечија идеја за нов производ е добредојдена. Работиме тимски, ги разгледуваме идеите и можностите и амбициозно се впуштаме во реализација. Во процесот на креирање и лансирање нов производ учествува секој вработен од свој аспект на делување, а токму тимската работа, посветеноста и живеењето со вредностите на брендот е она што исклучително допринесува за успехот на Виталиа. Инвестицијата во развој и производството за нас е континуиран процес. Постојано сме во потрага по

ВИТАЛИА Е ЛИДЕР ЗА ЗДРАВА ХРАНА ВО РЕГИОНОТ


www.kapital.mk

Капитал број 893 09.12.2016

30

ИНТЕРВЈУ

практични решенија за доближување на производите до вистинските потрошувачи. Активно комуницираме со нив и се трудиме достапноста на Виталиа производите да е на највисоко ниво. Во следната го-дина ќе се посветиме на зајакнување на присуството на Виталиа во дигиталниот свет. Ќе инвестираме во развој на вирален маркетинг бидејќи тоа е трендот на денешницата и најдобар начин да се комуницира со младите. Виталиа ќе добие и освежена веб страна со нов дизајн, подобрена функционалност и лесна навигација која ќе им олесни на потрошувачите побргу да дојдат до посакуваната информација. Секако дека инвестирањето во развој на нови иновативни производи е на врвот на приоритетната листа за што од-воивме амбициозен буџет. Во следната година нашите верни потрошувачи ќе ги изненадиме со нови 20 здрави производи кои совршено ке се вклопат во денешното динамично жиеење. XX На колку пазари се присутни производите на Виталиа и што значи да се биде извозник на храна од Македонија кој успева да се натпреварува на светските пазари? Виталиа е присутна во 52 земји во светот, со над 500 артикли, бренд со многубројни интернационални признанија и добитник на најстрогите сертификати за квалитет. Тоа говори за нашата посветеност во работењето

Со кампањата “Помалку шеќер за повеќе здравје” сакаме да ги поттикнеме потрошувачите да обрнат повеќе внимание на нивото на шеќер во продуктот пред да се одлучат за истиот. и поставувањето високи цели. Секоја година бележиме раст во продажбата посебно на странските пазари. Квалитетни и функционални производи, креативната амбалажа како и добриот маркетинг преку редовно учество на интернационални саеми се клучен дел од стратегијата. На странските пазари постои голема конкуренција која наметнува високо ниво на иновативност, следење на трендовите во индустријата, конзистентен квалитет на производите, како и високо ниво на професионализам во преговарањето. Се цени севкупното работење при што клучни фактори за успех се флексибилноста во испораките, целокупната услуга кон

клиентите како и градењето на доверба со бизнис партнерите. Присутни сме на сите континенти и успеавме да докажеме дека Мade in Macedonia е бренд за гордеење. XКакви X се резултатите во работењето на Виталиа минатата и оваа година, период во кој македонската економија беше под голем притисок и неизвесност како резултат на политичката криза? Виталиа бележи позитивен тренд во работењето и покрај кризата оваа година. Резултатот најмногу се должи на зголемениот број на извози во однос на минатата година. Виталиа е лидер за здрава храна во регионот, а нашата цел е долго да ја задржиме оваа позиција. Сепак сметам дека не го искористивме нашиот максимум бидејќи подрастичниот раст бара поголеми инвестиции, а да се инвестира во време на политичка криза навистина е предизвик. Политичката криза создава стеги врз економијата, на кои не покажавме резистентност. Се надевам дека набргу ќе бидеме сведоци на релаксирање на тензиите и креирање на продуктивна средина за работа, успешна бизнис клима во која македонските компании ќе го потврдат својот потенцијал на глобално ниво.

nnn



www.kapital.mk

Капитал број 893 09.12.2016

32 СКАНДАЛОЗНО СВЕДОШТВО ЗА БИЗНИС КЛИ

КОЛКУ ШТО ИМАМЕ ЗА КАЗНИ ПЛАТЕНО, НЕКОЈ ТОЛКУ НЕМА ЗАРАБОТЕНО Само хотел Дрим има добиено две казни од УЈП во износ од по 100 илјади евра, компанијата за месо неколку казни од кои што највисоката 90.000 евра. Едно исто комбе од транспортната фирма доби три пати казна од по 2.500 евра, што на крај нè чинеше повеќе одошто комбето.

РОБЕРТ БЛАЖЕСКИ ИНВЕСТИТОР ШТО “СЕ ОСМЕЛИЛ“

ВЛАСТА И СУДОВИТЕ МИ УНИШТИЈА БИЗНИСИ ОД ДЕСЕТИЦИ МИЛИОНИ ЕВРА!


www.kapital.mk

Капитал број 893 09.12.2016

ИМАТА ВО МАКЕДОНИЈА Увоз и дистрибуција на месо, транспорт, откуп и извоз на тутун, акции во осигурителна компанија, хотелиерство... се дел од списокот на бизнисите што браќата Роберт и Крсте Блажески, повратници од САД ги имаат почнато во Македонија уште пред повеќе од дваесетина години. Денес, само хотелскиот бизнис преживува, и тоа со судни маки. Сето останато е затворено, отидено под стечај, ликвидирано... За оваа катастрофа Роберт Блажески, нашиот соговорник во оваа сторија, ја обвинува актуелната власт, потпомогната со политички инструираното и корумпирано судство, за кои што вели дека ги уништиле и не биле од “нивна банда“.

33 Ова е само дел од мојата ‘богата колекција’ документи собрани изминативе десет години откако талкам низ судските лавиринти на државава. Толку ја запознав судската пракса што решив да магистрирам на право, иако сум лекар по образование“, вели Роберт Блажески.

Компаниите за месо и транспорт на Блажески за период од неколку години имаат над 100 решенија за плаќање на дополнителни царински давачки и различни казни во вкупна вредност од над 90 илјади евра разговарал:

Р Игор Петровски

igor.petrovski@kapital.mk

Роберт Блажески, несуден лекар, но суден бизнисмен, и тоа “за сите пари“, како што вели самиот за голготата низ која што тој и неговиот брат минуваат изминативе десет години во Македонија. Деновиве медиумското внимание го привлече со интервјуто во неделникот “Фокус“, каде што ја обвини актуелната власт дека

практично им ги уништила сите бизниси во земјава. “Не знам како да ви опишам што чувствувам во моментов. Какви емоции може да имате кога гледате како пред очи ви пропаѓа сето она што сте го граделе со години, со децении.“, вели Роберт резигнирано и додава дека со една нога е веќе преселен во САД, чиј што и државјанин е. “Дојдов од земја каде што отидов како мал со моите родители, земја каде што приватниот капитал се цени како света Библија, во Македонија да работам и инвестирам она што мојот татко макотрпно го спечалил во Америка. Отворав бизниси, вработував луѓе, купував удели во компании најрегуларно преку берза, земав кредити од американски банки за да ги ширам бизнисите уште повеќе, овде, во родната земја, и на крајот што имам од сето тоа?! Изгубено време и нерви по македонските судови и месечните рати кон Bank of America што уште неколку години ќе ми тураат само


www.kapital.mk

Капитал број 893 09.12.2016

34

СКАНДАЛОЗНО СВЕДОШТВО ЗА БИЗНИС КЛИМАТА ВО

ГЛАСАВ ЗА ВМРО – ДПМНЕ ВО 2006-ТА, А ТИЕ МЕ УНИШТИЈА “Да биде иронијата поголема за мене, јас во 2006 година гласав за ВМРО – ДПМНЕ, полагајќи големи надежи во нивната економска програма. Груевски ми оставаше впечаток на техно – менаџерски тип на лидер, про бизнис ориентиран. Не можев ни да сонувам што ќе доживеам јас и еден куп други бизнисмени од оваа владејачка гарнитура“.

сол на раната, ќе ме потсетуваат на сето она што го имав тука и го загубив заради тоа што некој сакаше тоа да се случи, а не заради моја или било чија неспособност за водење бизнис“, вели Роберт Блажески во својата исповед за Капитал.

“Со царински измами ни го уништија бизнисот со месо“

Роберт и неговиот брат Крсте, во земјава имаат, односно имале неколку различни бизниси. Најголемиот бизнис им бил увозот и дистрибуцијата на месо, компанијата “Two guys” со која што работеле уште од пред дваесет и нешто години. Овој бизнис им одел одлично, со приходи кои стигале и до преку пет милиони евра годишно. Компанијата се нашла и помеѓу најголемите 200 во земјава според остварени приходи. Но, последниве неколку години продажбата почнала нагло да опаѓа, а денес фирмата само преживува. На прашањето како се случил тој пад на бизнисот, Роберт само крева со рамениците и вели: “Некој едноставно се појави на пазарот со цена на која што ние никако не можевме да и конкурираме. А, со месо се занимававме речиси 25 години и лично сме ги посетиле сите позначајни светски извозници во Бразил, Аргентина, САД, итн. И имавме свој ладилник и своја дистрибуција, што ни обезбедуваше конкурентска предност на пазарот. И знаевме многу добро колку може да е најниската цена за еден тон месо во Македонија, затоа што сите набавуваат од исто место. Но, ако некој го царини месото како да е увозната цена 1.000 долари за тон, наместо 3.000, и цената пред трговската маржа му е 3.300 долари, наместо 3.900 како што е за нас, тогаш како ќе конкурирате на пазарот?“.

УПАТСТВО ЗА УНИШТУВАЊЕ БИЗНИС БР.1

КОМПАНИЈА ЗА УВОЗ И ДИСТРИБУЦИЈА НА МЕСО

TWO GUYS

Ф

ирмата Two guys, основана од Роберт и Крсте Блажески, уште од почетокот на ’90-те се занимавала со увоз и дистрибуција на месо во Македонија. Во своите најдобри времиња, имала промет и од преку пет милиони евра годишно, за од 2009 - 2010 наваму да забележува голем пад на прометот и конечно во 2016 престанува со работа. “Имавме свој ладилник, имавме и транспортна компанија со свои камиони со кои што ги носевме контејнерите со месо од Солун, го имавме овој бизнис во малиот прст. Нема шанси некој да можеше да понуди пониска цена од нас на пазарот. И одеднаш, се појавува месо со разлика во цената од 10-15%. На еден контејнер тоа се 4 - 5000 евра. Разбравме дека увозниците што ги фаворизира власта добиваат царинење на пониска прикажана набавна цена и во старт ни ја рушат цената. Се прпелкавме неколку години работејќи колку да ги покриеме трошоците, а потоа со чиста загуба и на крај моравме да затвориме. Да не ги спомнувам необјаснивите долги чекања на нашите камиони на царинските терминали, бројните казни што ги добиваа нашите компании, од кои највисоката од дури 90.000 евра, и останатите поситни сопки што ги добивавме на секој чекор. Во една прилика дури, мојот одамнешен пријател Ацо Спасеноски, кого што го познавам уште пред да стане министер за земјоделие во владата на Никола Груевски, ми рече да внимавам, дека мојата фирма е ставена на некаков си список за отстрел. Јас за волја на вистината, од неговиот ресор додека го водеше, па и претходно и после тоа, немав некакви посериозни проблеми, инспекции и сл., но затоа пак од друга страна ги добивав најтешките удари, од даночната управа, Царината, итн.“, вели Роберт Блажески. Тој се сеќава дека во една прилика, инспекторка од УЈП му побарала списоци на сите фирми од кои што набавува и сите фирми на кои што им продава месо. “Ми побара практично да и го дадам својот бизнис на тацна. И што да и кажам јас, не може?! После тоа можам само да претпоставувам каде отишле тие списоци. Ете, со какви сè методи се служат за да ти го уништат бизнисот и да го преземат нивните играчи“.

СЛУШАЈ ПАТАЛЕЦ, НЕ ГАТАЛЕЦ: НА СИТЕ МОИ ПРИЈАТЕЛИ ОД САД ШТО СЕ ИНТЕРЕС


www.kapital.mk

Капитал број 893 09.12.2016

35

О МАКЕДОНИЈА МИ ГО ПОБАРАА БИЗНИСОТ НА ТАЦНА “Инспекторка од ветеринарна управа во една прилика ми побара да и дадам списоци на сите фирми од кои што набавувам и сите фирми на кои што им продавам месо. Практично, да и го дадам својот бизнис на тацна. И што да и кажам јас, не може?! После тоа можам само да замислам каде отишле тие списоци“ Роберт вели дека власта ставила рака на сите големи бизниси во државава, па и на тој со месо и “ако не сте нивен играч, тогаш сте осудени на пропаст“. Рушењето на пазарот од страна на привилегираните од власта компании е главната причина за падот на неговата компанија, додава, а не сака ниту да ги споменува “ненамерните“ задржувања на неговите камиони на царинските терминали и останатите поситни сопки што му ги ставале попатно. “Одеднаш се најдовме во ситуација да не може ни да си ги покриеме трошоците, а не пак да имаме некаква заработка. Потоа правевме само загуба и веќе немаше воопшто смисла да работиме. Престанавме со увоз, камионите ги продадовме, само ладилникот остана да работи со изнајмување простор на надворешни клиенти, но и тој не е рентабилен повеќе, затоа што само трошоците за струја се повисоки од киријата што ние ја наплаќаме за тие мали количини месо што некој ги остава таму на чување. На луѓе кои што работеле кај нас и по две децении, моравме да им се заблагодариме, па среќа што еден пријател почна со нов производен погон и речиси сите успеав да ги префрлам кај него“, вели Роберт, за неславното завршување на приказната за дводеценискиот бизнис со месо.

“Ги продадовме своите станови во Охрид за да почнеме со бизнис“

Меѓутоа, ова не е единственото фијаско што Блажески, и неговите семејни бизниси ги доживуваат во Македонија. Да се вратиме малку поназад хронолошки, за да објасниме што сè се случувало нему и на неговите бизниси во земјава. Роберт е роден пред 50 години во Скопје, а потеклото му е од охридско, од каде што се неговите родители. Татко му заминал во САД на печалба кон средината на ’70-те, и после пет години ги повлекол и неговите најблиски. Роберт завршил основно и средно училиште во Америка, а дошол да студира медицина во Скопје. “Средното училиште го завршив за три години, прилично бев амбициозен. Медицински факултет дојдов да учам

Писмата за препорака од Bank of America, каде што се потврдува кредибилитетот и високиот рејтинг што Роберт и Крсте Блажески го имаат како долгогодишни клиенти на банката. “Ова го покажувам како одговор на сите оние ‘душегрижници’ што прашуваа од каде ние сме донеле толку пари во Македонија за да инвестираме. Секако дека не ги донесовме во вреќи. Од банкарски кредити, и од она што го имавме заработено, од каде инаку. Месечната рата за неколкуте кредити е 25.000 долари, што треба да ја плаќаме уште 5-6 години најмалку, а речиси сите бизниси ни се на нула“. во Македонија во 1983 година затоа што школувањето беше бесплатно, а во Америка е прескапо. Додека студирав, секое лето одев во Америка да поработам и се враќав со по 5.000 долари, не повеќе, затоа што како студент, бев ослободен од плаќање данок до таа заработена сума. Не бев задоволен од примањата на лекарите и условите за работа во домашното здравство, па и покрај противењето на моите родители, сепак отворив компанија и почнавме со увоз на месо, некаде во ’92 – ’93 година.“, вели Роберт. За семејниот бизнис вели дека не почнале од нула, нивната бизнис приказна не е од тој тип. “Јас и Крсте имавме некои свои заштедени

пари од студентската работа, потоа татко ми ни даде значителна сума, а исто така, ги продадовме становите што тој ни ги купи во Охрид, па и тие пари ги додадовме во купчето за почнување бизнис. Значи, имавме доволно пари за да правиме обрт и да заработуваме. Со тек на време купивме и камиони и изградивме сопствен склад, односно ладилник за месо, инвестиција од преку еден милион евра.“

Десет години низ судските лавиринти

Некаде после 2000-та, на предлог од нивни пријатели, исто така бизнисмени од дијаспората, партнерски го купиле хотел Дрим во Струга, заедно со хотел Белград и автокампот АС, сакајќи да се обидат

ЕСИРААТ ЗА ИНВЕСТИРАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА ИМ ВЕЛАМ, БЕГАЈТЕ ШТО ПОДАЛЕКУ!


www.kapital.mk

Капитал број 893 09.12.2016

ЗА МЕСО И ТРАНСПОРТ, КРСТЕ БЛАЖЕСКИ 10.691.062

LIDER TRANS

0

0

0

2013

2014

2015

2012 2.441

875.482

2011

1.847.301

2010

4.579.707

2008

2007

2.850.086

приходи (ден.)

7.695.080

2006

2005

2.678.980

2015

30.574.614

2014

71.335.339

59.367.211

2012

и во тој бизнис. За тоа платиле исто така, над еден милион евра, а оттогаш уште неколку милиони потрошиле за реновирање и модернизирање на хотелите. Потоа за два милиони евра купиле и контролен пакет акции во Јака Табак, фирма за откуп и извоз на тутун од Радовиш, како и за над еден милион евра мнозински удел во Табак осигурување, осигурителната компанија од Скопје. За своите инвестиции покрај од сопствена акумулација, пари обезбедуваат и од кредитни линии добиени од Bank of America од САД, покриени со неколку скапи недвижнини што ги поседуваат таму. “Токму со оваа последна инвестиција е врзана судската голгота што ја преживуваме и јас и брат ми цели десет години. Кога ги продадовме акциите од Табак Осигурување за нешто повеќе од три милиони евра, најрегуларно, преку берза, со цел да обезбедиме пари за инвестиција во скопскиот луна парк што сакавме да ја направиме, откако купувачот, словенечката Сава Ре, ги префрли парите на нашите трансакциски сметки, по неколку дена тие со судска одлука беа замрзнати. Потоа неколку пати беа одблокирани, па повторно блокирани, и почна една вистинска одисеја во македонскиот правосуден систем за која што би бил малку и цел број од вашиот магазин за да ја раскажам. Накусо, се развиваат неколку судски процеси во кои што јас и Крсте сме инволвирани и како сведоци, потоа и како обвинети, се носат десетици одлуки во основни и апелациски судови во наша корист со што ни се ослободуваат парите, но и против нас. Финалето е одлуката на крајната инстанца, Врховниот суд, кој што реши дека парите треба да се конфискуваат во корист на Република Македонија. И толку. Како со рака однесено. Три милиони евра наши пари останаа заробени во ‘правичниот’ судски систем, па единствено што ни остана е да се жалиме до Судот за човекови права во Стразбур, од каде што, еве, веќе три години чекаме одговор“. nnn

2013

45.782.492

88.813.511

2010

2011

180.802.816

приходи (ден.)

2009

TWO GUYS

2009

262.916.469

2008

116.590.794

2006

2007

97.755.535

2005

ПАДОТ НА ПРИХОДИТЕ НА КОМПАНИИТЕ TWO GUYS И LIDER TRANS НА РОБЕРТ И

12.907.235

СКАНДАЛОЗНО СВЕДОШТВО 338.664.578

36

УПАТСТВО ЗА УНИШТУВАЊЕ БИЗНИС БР.2

КОМПАНИЈА ЗА ОТКУП И ИЗВОЗ НА ТУТУН

ЈАКА ТАБАК

А

кциите на Јака Табак, радовишката фирма за откуп и извоз на тутун со долгогодишна традиција, Роберт и Крсте Блажески заедно со уште двајца инвеститори ги купиле во 2004 година, најрегуларно, преку Македонската берза. Фирмата работела добро, имала дури и неколку рекордни години во однос на продажбата и извозот на тутун. “На фирмата одлично и одеше, но ние иако акционери, немавме целосно увид и контрола што се случува во неа. А, оттаму се одлеваа големи средства за финансирање на владејачката гарнитура. Потоа, за да ги сокријат трагите на овие криминали, ја доведоа во стечај, а против раководството имаше кривични процеси и сл. Од златна фирма, ја доведоа до банкрот, а нас ни пропаднаа два милиони евра почетна инвестиција и којзнае уште колку пари од изгубена добивка заради криминалите што се случија.“, вели Блажески.

УПАТСТВО ЗА УНИШТУВАЊЕ БИЗНИС БР.3

ЗАПЛЕНЕТИ ПАРИ ОД ПРОДАЖБА НА АКЦИИ ВО

ТАБАК ОСИГУРУВАЊЕ

Р

елативно кусо време по купувањето на акциите во Јака Табак, купивме и акции во осигурителот Табак Осигурување, за околу еден милион евра. Но, во 2005-2006 година, јас добив идеја да влезам во проектот за Луна паркот во Скопје и сакав да ги продадеме акциите во Табак Осигурување за да ја финансирам таа инвестиција. Имав состаноци и со ЕБРД и со Светска банка, кои што требаше да го поддржат проектот. Акциите ги купи словенечката Сава Ре, за повисока цена во однос на онаа што ние ја плативме, значи нешто над три милиони евра. Но, веднаш откако легнаа парите на трансакциска, ги блокираа нашите сметки на кој имаше и други средства покрај тие од продажбата, кој до ден денес се блокирани, тоа се случи на 6 јануари, сега наскоро значи, ќе ‘прославиме’ 10 години. Се поведе истрага поради осомничени лица за некои малверзации со акции, а потоа следеше бескрајна судска голгота, во која ние бевме сведоци. Не знам веќе ни самиот колку предмети се во игра, колку пати јас сум бил во суд... Се носат десетици одлуки во основни и апелациски судови во наша корист со што ни се ослободуваат парите, но и против нас. Епилогот е следниов: Врховниот суд, како крајна инстанца, реши дека парите треба да се конфискуваат во корист на Република Македонија. И толку. Како со рака однесено. Три милиони евра наши пари останаа заробени во ‘правичниот’ судски систем, па единствено што ни остана е да се жалиме до Судот за човекови права во Стразбур, од каде што, еве, веќе три години чекаме одговор“.

ПОРАКА: “НА 11-ТИ ГЛАСАЈТЕ ЗА ПОРАЗ НА ОВОЈ РЕЖИМ“



РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ: 13 ДЕКЕМВРИ 2016

ИНСТИТУТ КОНЦЕПТ ОРГАНИЗИРА ОБУКА ЗА:

ЕДУКАЦИЈА НА РАБОТОДАВАЧИ И ВРАБОТЕНИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА И ПОДЗАКОНСКИ ПРОПИСИ ОД ОБЛАСТА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА l 15 декември 2016 година (четврток) l 10:00-16:00 часот Институт Концепт, Скопје

СОДРЖИНА: Сесија 1: Законот за безбедност и здравје при работа за препознавање на сопствените права и обврски Сесија 2: Начинот на изготвување на изјава за безбедност, нејзината содржина, како и податоците врз кои треба да се заснова проценката на ризикот Сесија 3: Презентација на улогата на Овластената здравствена установа за вршење на стручни задачи за здравје

при работа, како и улогата на Докторот специјалист по медицина на труд, за изготвување на изјава за безбедност, нејзината содржина, како и податоците врз кои треба да се заснова проценката на ризикот

ПРЕДАВАЧИ:

СЛАЃАНА АНДОНОВСКА

раководител на Сектор за безбедност и здравје при работа

Д-Р ГОЦЕ МЛАДЕНОВСКИ

специјалист по медицина на труд и стручно лице за безбедност при работа За повеќе информации посетете ја нашата веб страна: www.koncept.com.mk

КОНТАКТ: м-р Ленче Зикова и м-р Ирена Богоевска l e-mail: institut@koncept.com.mk l 02 3128 526 l 070 272 207



Капитал број 893 09.12.2016

40

www.kapital.mk

ПОЛИТИКА

ПАРТИИТЕ ОДНОВО ПОДНЕСОА ПРОФОРМА ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАИ

КОЛКУ СЕ ДЕМОКРАТСКИ ИЗБОРИТЕ СО НЕТРАНСПАРЕНТНО ФИНАНСИРАНИ КАМПАЊИ? И со „голо око“ се гледа дека финансиските извештаи за кампањата, за партиите се одвај задоволување на формата, а експертите тврдат дека не само што не се транспарентни, туку не се ниту реални. Но, она што е најчудно кај нас, е што во извештаите речиси воопшто не се појавуваат компании како донатори. Скоро сите приходи се од донации од физички лица - партиски членови, или од партиските членарини, и испаѓа дека најголемите играчи- компаниите, на кои не може да прифатиме дека не им се важни политиките на партиите, односно на идната власт во делот на бизнисот, се незаинтересирани за исходот од изборите во општество што е исклучително исполитизирано


www.kapital.mk

Капитал број 893 09.12.2016

41 пишува:

Максим Ристески

В

maksim.risteski@kapital.mk фотографија: МИА

В недела ќе гласаме со согласност на сите учесници на изборите дека има услови истите да бидат фер и демократски, но периодичните финансиски извештаи на партиите, за првите десет дена од кампањата, покажаа дека кај овој многу важен фактор во изборниот процес - финансирањето на кампањата, и натаму сме многу далеку и од преодна оценка. Извештаите не само што не се транспарентни, туку не се ниту реални, сметаат експертите, потенцирајќи дека дури ниту како форма не е испочитувано да се прикажат одредени расходи што партиите секако ги имаат во кампањата - за превоз, за комуникациски услуги, за кирии, за сместување на екипи на терен - во овој дел ништо нема прикажано како трошок. А ако некој - физичко или правно лице, вакви услуги на партиите им дава бесплатно, тоа мора да влезе во извештаите како донација (според видот и вредноста), како што се дефинира во членот 83-а од Изборниот законик, каде стои и дека за донација се смета „продажба на стоки или давање на услуги на учесникот во изборната кампања по цени пониски од пазарните“, односно оти „разликатата меѓу пазарната вредност и фактурираната вредност се смета за донација“. Она што е најчудно кај нас е што во финансиските извештаи на партиите за кампањата речиси воопшто не се појавуваат компании како донатори. Ако се види дека скоро сите приходи се од донации од физички лица - нивни членови, или од партиските членарини, испаѓа дека најголемите играчикомпаниите, на кои не може да прифатиме дека не им се важни политиките на партиите, односно на идната власт во делот на бизнисот, се незаинтересирани за исходот од изборите во општество што е исклучително исполитизирано. Во развиените демократии,

не само за да се избегне криминал, во извештаите за изборните кампањи мора транспарентно да бидат наведени донациите од големите донатори компаниите, за гласачите кога ќе одлучуваат за кого ќе гласаат да ја имаат и оваа многу важна информација за тоа какви политики би водел одреден политички субјект кога би дошол на власт (секако, колку што може, во интерес на своите големи донатори). Тоа што нема компании-донатори во финансиските извештаи, експертите, во случајот на ВМРО-ДПМНЕ, го објаснуваат

со потребата да се создаде претстава дека партијата не е врзана со крупниот капитал, туку е поддржана од народот; а во случајот на СДСМ, дека главно компаниите се плашат јавно да се експонираат како донатори.

Како да се осветли темната страна на финансирањето на кампањите? Претседателката на Траспаренси Интернешнл – Македонија, Слаѓана Тасева, вели дека финансиските извештаи на партиите за кампањата не се транспарентни и не се реални.


www.kapital.mk

Капитал број 893 09.12.2016

42

ПОЛИТИКА

П

СЛАЃАНА ТАСЕВА Транспаренси Интернешнл

равилото е дека за да знаеш кој каква политика ќе води утре, треба да знаеш кој плаќа за неговата кампања. Тие што плаќаат бараат да се имаат предвид нивните интереси после избори. Значи, ако зборуваме за транспарентост, за демократија - дека гласачот треба да ги има сите информации за да може да се определи, овде тој услов апсолутно не е исполнет.

„Ние користиме официјални извори, агенции, за тоа колку пари партиите трошат за рекламирање на електронски медиуми, колку за печатени; имаме ценовници за огласување на билборди; знаеме колку која партија закупува, и точно ги гледаме трошоците што тие ги прават, и како тоа не се совпаѓа со прикажаното во финансиските извештаи. Продолжува практиката на нецелосно и неточно

информирање и за приходите и за расходите. Имаме и ситуација да префрлаат пари од партиските на изборните сметки, иако тоа се пари од партија, а се префрлени на сметка на коалиција. ВМРО-ДПМНЕ има прикажано шест пати повеќе расходи од приходи, и ќе видиме како тоа ќе го затворат, и дали воопшто ќе се затвори“, вели Тасева. Побаравме да го

П

ДРАГАН МАЛИНОВСКИ екс-претседател на Антикорупциска

остојат законски лимити колку може да се донира, што мора да почитува, но очигледно партиите си имаат извори од сива зона, кои се поприлично издашни, и тие, бидејќи не можат како такви да се прикажат, се измислуваат разно-разни донации од физички лица, а повеќе од очигледно е дека се работи само за бркање на формата, да се прикаже нешто законски, што во суштина е уште понезаконски, бидејќи станува збор за фалсификување, за лажни извештаи.

прокоментира и тоа што во извештаите на партиите речиси нема компаниидонатори: „Правилото е дека за да знаеш кој каква политика ќе води утре, треба да знаеш кој плаќа за неговата кампања. Тие што плаќаат бараат да се имаат предвид нивните интереси после избори. Значи, ако зборуваме за транспарентост, за демократија - дека гласачот треба да ги има сите информации за да може да се определи, овде тој услов апсолутно не е исполнет“, вели претседателката на Траспаренси Интернешнл – Македонија. Според неа, проблемите со „темната“ страна од финансирањето на изборните кампањи во Македонија може да се решат со вклучување на Управата за јавни приходи во процесот. „Мора да се вклучи Управата за јавни приходи, и да се види за сите оние кои донирале од каде им се парите што ги донираат, зашто ние сега имаме ситуација исти членови на партија редовно да донираат одредена сума на пари. Дали се легални парите што влегуваат во партијата, или се тоа „црни“ пари што наводно влегуваат преку членството како донации?“, вели Тасева, додавајќи и дека без санкции во овој дел, не може да се очекува партиите да „гинат“ за транспарентоста на финансирањето на своите кампањи. „За секоја ситуација на неточен или нецелосен извештај , во други држави постои санкција - забрана за учество на следни избори. Сè дури немаме соодветни санкции, нема да имаме ниту демократски задоволнителни

избори“, вели Тасева. Адвокатот, кој е поранешен претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата, Драган Малиновски, се надоврзува на Тасева, со став дека нетранспарентноста во финансирањето на изборната кампања како проблем се провлекува од избори до избори зашто никој не се зафаќа со суштинско решавање на проблемот. „Повторно се судираме со проблемот на транспрантноста, односно нетранспарентноста во финансирањето на изборната кампања. Тоа е така зашто за сите вакви ситуации детектирани во изминатите изборни циклуси никој не се зафати сериозно да го расчисти ова прашање, односно, прецизно да се види од каде и на кој начин се финансирале кампањите. Ако не може да се види, тогаш да се констатира дека е од непознати извори, и да се санкционира таквата нетранспарентност. Друг начин не постои за справување со ова“, вели Малиновски. Тој смета дека понекогаш непојавувањето на компании во извештаите, како донатори во кампањата, може да се должи на преголемата издашност на одреден донатор, која го надминува законски дозволениот лимит ... „И Изборниот законик и Законот за финансирање на политичките партии поставуваат лимити колку може да се донира. Тие лимити мора да почитуваат, но очигледно партиите си имаат извори од сива зона, кои се поприлично издашни во финансирањето, и тие, бидејќи не можат како такви да се прикажат, се



www.kapital.mk

Капитал број 893 09.12.2016

44

ПОЛИТИКА

измислуваат разно-разни донации од физички лица, а повеќе од очигледно е дека се работи само за бркање на формата, да се прикаже нешто законски, што во суштина е уште понезаконски, бидејќи станува збор за фалсификување, за лажни извештаи“, смета Малиновски. И тој го поставува прашањето колку можеме еден изборен процес да го наречеме транспарентен, па, во крајна линија и демократски, ако имаме

нетранспарентно финансирање на кампањата. „Финансирањето на кампањите е многу значен фактор во изборниот процес, и се поставува прашањаето, ако тој не задоволува, колку и самите избори можеме да ги квалификуваме како законити, демократски. Ова е сериозен удар на финалната оценка за изборите“, вели Малиновски. Според него, решението за овој проблем е институциите задолжени

за следење на финансирањето на изборните кампањи да си ја завршуваат својата работа, при што, пред сè мисли на Државниот завод за ревизија, „кој е најкомпетентен длабински и содржински да ги евалуриа извештаите, да ги расчисти сите дилеми, да го повика на одговорност оној кој прекршил закон“. Регулативата е во принцип во ред, но никако не и имплементацијата, смета поранешниот прв антикорупционер. nnn

ТАСЕВА: ЗА НЕТОЧЕН ИЗВЕШТАЈ ВО ДРУГИ ДРЖАВИ СЕ ЗАБРАНУВА УЧЕСТВО НА СЛЕДНИ ИЗБОРИ


They say diamonds are forever… and so is an MBA!

Enjoy the most Valuable classroom experience – real life Harvard Business School case studies, business simulations and participant centered learning that enhance your strategic decisionmaking skills and critical thinking

a Rare opportunity to learn alongside esteemed professionals in order to build an extensive and exclusive network of useful contacts which could lead to new business opportunities The most Desirable and sought after degree in the world by employers, entrepreneurs and future leaders

World-class curriculum that applies a global outlook on current issues, taught by international faculty from top –tier schools with a rich portfolio of expertise

A brilliant cut to fit your demanding work schedule and maintain your work – life balance, giving you more flexibility to acquire the skills and experiences to fulfil your career objectives

Access to the Highest Quality internationally accredited degree by the Accreditation Council for Business Schools and Programs (USA) created as a combination of European and American educational standards

So don't lose a diamond, while chasing glitter! Enroll at the UACS MBA program! За повеќе информации: Бул. Трета македонска бригада бр. 60, 1000 Скопје Телефон: + 389 (0) 2 2463 156; 2463 159 Е-пошта: graduate@uacs.edu.mk

www.uacs.edu.mk

UACS SKOPJE

UACSKOPJE

YOUTUBE.COM/USER/UACSKOPJE

UACSKOPJE


www.kapital.mk

Капитал број 893 09.12.2016

46

СВЕТ БИЗНИС И ПОЛИТИКА

ПРОТЕКЦИОНИЗАМ НА САД БИ МОЖЕЛ ДА ЈА ПОТРЕСЕ ГЛОБАЛНАТА ЕКОНОМИЈА

ГЕРМАНСКАТА ИНДУСТРИЈА СТРАВУВА ОД ТРГОВСКАТА ПОЛИТИКА НА ТРАМП

За германските бизнис и политички лидери победата на Доналд Трамп значи сигнал дека јавното мислење се свртува против слободната трговија и отворените граници, и оти секој протекционистички потег од новата американска администрација може да доведе до трговски војни, што погубно би се одразило на германската економија, каде скоро едно од четири работни места зависи од извозот, а германските производители извезуваат во странство 50% од произведеното

П

Политиката на Доналд Трамп, „Америка на прво место“, може да ја натера Кина да ја затрупа Европа со евтина роба. На вакво сценарио предупредуваат германските индустриски лидери, кои не ги кријат стравувањата од потенцијалните негативни ефекти од протекционизмот на

САД врз глобалната економија, напиша Financial Times. „Ако Трамп наметне казнени царини за Кина, тоа може да доведе до огромно пренасочување на трговските текови кон Европа. Кинезите ќе бараат други пазари и вниманието ќе им се префрли на Стариот континент. Тогаш треба да можеме да си ги заштитиме пазарите“, вели раководителот на одделот за надворешна трговија во германската асоцијација за машинско инженерство VDMA, која е една од највлијателните трговски организации во Германија, Урлих Акерман.

Протекционизмот на Трамп ќе è дозволи на Кина да преземе водечка улога во трговијата

За германските бизнис и политички лидери победата на Доналд Трамп значи сигнал дека јавното мислење се свртува против слободната трговија и отворените граници, и оти секој протекционистички потег од следната администрација (онаа на Трамп) може да доведе до трговски војни. Јасно е дека ова погубно би се одразило на германската економија, каде скоро едно од четири работни места зависи од извозот, а германските производители извезуваат во

ГЕРМАНСКАТА ИНДУСТРИЈА: ТРЕБА ДА МОЖЕМЕ ДА СИ ГИ ЗАШТИТИМЕ ПАЗАРИТЕ



www.kapital.mk

Капитал број 893 09.12.2016

48

СВЕТ БИЗНИС И ПОЛИТИКА

странство 50% од произведеното. Берлин се растревожи од неодамнешната изјава на избраниот американски претседател дека ќе го запре Транстихоокеанскoто партнерство (TPP) уште првиот ден на највисоката функција. За време на предизборната кампања Трамп, исто така, се закани дека ќе наметне казнени царини за Кина. Во исто време и TTIP Трансатланското партнерство, трговскиот договор меѓу САД и Европа, е блиску до колапс. Стравувањата се дека попречувањето на слободната трговија може директно да ги засегне германските компании што продаваат на американскиот пазар. Лани САД станаа најважниот трговски партнер на Германија по прв пат, изместувајќи ја Франција на второто место. Германските компании извезле роба вредна 114

милијарди евра во САД во 2015 година. Постои загриженост дека Германија може да стане предмет на протекционизмот на Трамп. Автомобилите произведени од германски автомобилски компании во Мексико за извоз во САД, може да бидат погодени од поголеми царини, ако новиот американски претседател остане на ветувањето да го предоговори Договорот за слободна трговија во Северна Америка (NAFTA) меѓу САД, Мексико и Канада. Според раководителот на германската индустриска асоцијација BDI, Урлих Грило, протекционизмот на Трамп ќе и дозволи на Кина да ја преземе водечката улога во трговијата во светот. „Една нова американска трговска политика, без сомнеж ќе доведе до дури уште побрзо префрлање на светскиот економски центар во Азија“, тврди Грило.

OECD ги пофали инфраструктурните планови на Трамп

Стравувањата од можните политики на Трамп не ги делат сите. Економската програма на новиот американски претседа-тел доби поддршка од Организацијата за економска соработка и развој (Organisation for Economic Co-operation and Development - OECD), која прогнозира дека инфраструктурните планови на Доналд Трамп ќе го зголемат растот, ќе се борат со нееднаквоста и ќе ги стимулираат обесхрабрените работници. Истовремено OECD предупредува дека ако Трамп ги исполни заканите дека „ќе подигне трговски бариери“, позитивните ефекти од неговите политики ќе исчезнат. „Трговскиот протекционизам зачувува некои работни места, но ги влошува перспективите и го намалува благосостојбата на многу други“, велат од организацијата. nnn



www.kapital.mk

Капитал број 893 09.12.2016

50

ЛИДЕРСТВО Сите имаме различни погледи за тоа што е пресудно за клучен лидер. Според поранешниот градоначалник на Њујорк, Руди Џулијани, добриот лидер треба да биде многу работи, од оптимист до одлично подготвен. Тој би требало да го знае тоа. Покрај тоа што направи позитивни промени во градот Њујорк, тој е општо познат како еден од најефективните лидери во модерната американска историја.

К

ако лидери, мора во нашата природа константно да ни биде да бараме начини како да се подобриме себеси и работите околу нас. Лидерството е нешто што се учи, а не нешто со што се раѓаш. Повеќето работи кои ги знаете за тоа како се води бизнис се работи кои се научени”, смета Џулијани. Во прилог се шест основни компоненти на секој голем лидер.

Мора да имате визија

“Можете да водите само ако можете да гледате во иднината”, смета поранешнио градоначалник Џулијани, кој потенцира дека сите лидери мора да бидат способни да ги предвидат растот и промените. Џулијани верува дека секој лидер мора да има не само визија, туку и способност таа визија да ја сподели. “Луѓето можат да ве следат само ако го објавите својот план. Тие не можат да ве следат ако не им кажете каде треба да одат”.

Лидерот мора да биде оптимист

“За да бидете голем лидер, мора да бидете оптимист”, вели Џулијани. “Тоа

ШЕСТ ЛЕКЦИИ ЗА ЛИДЕРСТВО ОД РУДИ ЏУЛИЈАНИ можете да го направи успехот. Позитивната енергија се храни самата себеси”, вели Џулијани.

не значи дека треба да го гледате светот како одлично место. Тоа значи да дека треба да бидете решавач на проблеми”. Поранениот градоначалник ја потенцира важноста да го пренасочите вашиот фокус од проблемот кон решението. “Лидерот оптимист е способен да вдахне идеја во организацијата дека проблемт може да се реши”.

Мора да бидете опасно подготвени

Мора да имате храброст

Мора да го сакате својот тим

“Лидерите се луѓе кои преземаат ризик, бидејќи кога работите не одат добро, мора да се прават промени”, вели Џулијани. “Мора да имате храброст да преземете ризик и нештата да ги направите на поинаков начин”.

Мора да го следите својот прогрес

Џулијани ја потенцира важноста на целно оринетирани мерки преку кои ќе се мерат подобрувањата, со цел да бидете целосно способни да увидите дали сте на вистинскиот пат кон остварување на поставените цели. “Не постои подобар начин да им внесете нова енергија на луѓето, како што тоа

“Размислете за најлошото сценарио и потоа подгответе се себеси за тоа сценарио”, вели Џулијани, кој посебно ја потенцира важноста на заштитата од сајбер напади. “Ако сакате да бидете добар лидер, сакајте ги луѓето со кои работите”. Тој смета дека луѓето со кои работите треба да ви бидат значајни и да ги направите да се почуствуваат значајни. “Ако сакате луѓето да учествуваат во работата, да даваат идеи и да придонесуваат во нивна реализација, нора да ги сакате луѓето”. Што ќе се случи ако не успеете? Ќе научите. Џулијани потенцира дека тој повеќе научил кога ги изгубил изборите, отколку што научил кога претходно два пати ги добил изборите. “Никој не го сака неуспехот, но можете да го искоритете за да разберете како може да ги подобрите работите следниот пат”. nnn




Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.