894 kapital magazin

Page 1

COVER STORY СЦЕНАРИЈА ЗА ПОСТИЗБОРНА МАКЕДОНИЈА ИЗБОРИТЕ КАЖАА МНОГУ!

interview

ЕКОНОМИЈА ВО ВРЕМЕ НА КРИЗА ГРАДЕЖНИШТВОТО ГО СПАСУВА БДП

ИНВЕСТИЦИЈА НА ПРОКРЕДИТ ГРУПАЦИЈА ОТВОРЕН НОВ РЕГИОНАЛЕН ЦЕНТАР ЗА ОБУКА ВО КОСОВО

БРАНКА ПАВЛОВИЌ

ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УПРАВЕН ОДБОР НА ОХРИДСКА БАНКА СОСИЕТЕ ЖЕНЕРАЛ

INTERVIEW

ЛОЈАЛНОСТА НА НАШИТЕ КЛИЕНТИ Е НАША НАГРАДА

БРОЈ 894 | ЦЕНА 100 ДЕН. 16 ДЕКЕМВРИ 2016 | ПЕТОК | ГОДИНА 18

ГЛИГОР ДАЧЕВСКИ

ПРЕТПРИЕМАЧ, ПРОГРАМЕР И СОПСТВЕНИК НА DOX TEAM

ЦЕЛ ЖИВОТ СЕ БОРАМ ЗА СОФТВЕР “MADE IN MACEDONIA“

ТРЕНД: MИЛИЈАРДЕРИТЕ ФОРМИРААТ ФОНД ЗА ЧИСТА ЕНЕРГИЈА



3

Капитал број 894 16.12.2016

СОДРЖИНА

22

08 04

PROFILE

06

НАВИГАТОР

Рекс Тилерсон - од нафтен барон до државник на американската дипломатија Доларот урива рекорди по победата на Трамп во САД

08

COVER STORY

16

INTERVIEW

22

КАПИТАЛ АНАЛИЗА

38

БИЗНИС И ЕДУКАЦИЈА

28

INTERVIEW

46

БИЗНИС ТРЕНДОВИ

50

ЛИДЕРСТВО

Сценаријата за постизборна Македонија Изборите кажаа многу за тоа што ќе следи БРАНКА ПАВЛОВИЌ

претседател на Управен одбор на Охридска банка Сосиете Женерал

Лојалноста на нашите клиенти е наша награда

КРАЈ, ИЛИ НОВ ПОЧЕТОК НА КРИЗАТА?

34

Економија во време на криза и неизвесност Градежништвото ја одржува економијата во живот ГЛИГОР ДАЧЕВСКИ

претприемач, програмер и сопственик на DoX Team

Цел живот се борам за софтвер “Made in Macedonia“

34

СВЕТ БИЗНИС

DHL Media Tour во Амстердам Како се прави бизнис и се чува животната средина

Инвестиција во Косово вредна 3,2 милиони евра ПроКредит Банка отвори нов регионален центар за обука

Технолошки милијардери формираат фонд за чиста енергија од 1 милијарда евра Бил Гејтс: Потребен е целосно нов извор на енергија ПИТЕР ТИЕЛ

ко-основач на Pay Pal и Palantir

Повеќе не верувам дека слободата и демократијата се компативилни

ГРАДЕЖНА ЕКОНОМИЈА

СОФТВЕРАШ ВО ДУША

Политичката криза, во најконструктивната демократска смисла на зборот, во Македонија тукушто почна, а Груевски сака што побрзо да ја формира новата влада, за „конечно кризата во Македонија да заврши“. Очигледно сите не подразбираме исто под поимот криза. За граѓаните кои мнозински гласаа за промени, кризата не може, нема, и не треба да се разреши додека не се утврди и правно процесира одговорност за она што го слушнавме во „бомбите“. А за Груевски кризата е токму овој процес, за чие успешно завршување со СЈО во главната улога унисоно постизборно притискаат и странците.

Без градежната експанзија што во најголем дел ја стимулира државата со јавните инвестиции, економскиот раст годинава би бил преполовен. Пресметките на податоците од Државниот завод за статистика покажуваат дека во првите девет месеци од годината, растот на економијата од 2,4% доколку се исклучи градежништвото би бил само 1,1%. Тоа значи дека градежништвото како сектор го генерира повеќе од половина од економскиот раст. Во исто време, додека градежништвото достигна раст од 16,2% во првите девет месеци од годината, преработувачката индустрија на пример, го проби дното со пад од 3%.

Софтвераш во душа - велат за него оние што го познаваат добро, посветен да создава високо - технолошки решенија, тука, во Македонија, со македонски програмери, и да ги продава на клиенти од цел свет. Основач на неколку стартапи, меѓу кои и денес најголемата ИТ компанија во земјава, со огромна страст може да ви зборува за неговите проекти со часови. Денес повторно е со стартап за кого што вели дека допрва ќе прави големи нешта во ИТ сферата. Со Глигор Дачевски го имавме задоволството да чуеме како се прави софтвер со светски квалитет и македонски ум.

XX Стр. 8

XX Стр. 22

XX Стр. 28

Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје l Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31 l П. ФАХ 503, 1000 Скопје l Директор и одговорен уредник: Љупчо Зиков l Печати: Графички центар Скопје, ул. Скупи бб, 1000 Скопје l Тираж: 3.000 примероци l Датум на печатење: 15.12.2016


Капитал број 894 16.12.2016

PROFILE 4

www.kapital.mk

РЕКС ТИЛЕРСОН

ОД НАФТЕН БАРОН ДО ДРЖАВНИК НА АМЕРИКАНСКАТА ДИПЛОМАТИЈА

Изненадувачкиот потег на Доналд Трамп да го избере Рекс Тилерсон, шефот на нафтениот гигант ExxonMobil предизвикува оживување во Москва и неспокојство во источлноевропските земји, заради перспективата “пријател на Путин” да стане прв дипломат на САД

ФАКТ: ИАКО НЕ БИЛ ДИПЛОМАТ, ТИЛЕРСОН ОСТАВИ


www.kapital.mk

Капитал број 894 16.12.2016

И

Извршниот директор на енергетската компанија Ексон (ExxonMobil), Рекс Тилерсон, е нов американски државен секретар, официјално објави избраниот претседател на САД, Доналд Трамп. „Неговата истрајност, широкото искуство и длабокото разбирање на геополитиката, го прават одличен избор за државен секретар“, образложи Трамп во соопштението што го објави неговиот транзициски тим. Тилерсон, очекува Трамп, ќе промовира регионална стабилност и ќе се фокусира на суштината на интересот на националната безбедност на САД. Тилерсон (64), кариерата ја почнал како инженер во Ексон, во 1975 година, и оттогаш работи само во оваа компанија. На листата на Форбс на најмоќни луѓе тој е на 25 место. Критичарите сметаат дека со именувањето на Тилерсон, Трамп го продолжил трендот на избирање соработници кои ќе се залагаат за подобри односи со Русија, зашто новиот државен секретар има добиено „орден за пријателство“ од Кремљ, што е највисоката чест што официјална Москва може да ја додели на странски државјанин. Тилерсон е и меѓу критичарите на санкциите против Русија. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во пресрет на именувањето на Тилерсон, за него рече дека е голем професионалец кого лично го познава и претседателот на Русија, Владимир Путин. „Тилерсон повеќе пати се среќаваше со Путин“, изјави Песков, додавајќи дека Кремљ се надева оти новиот државен секретар на САД ќе покаже професионалност и конструктивен став. “Изненадувачкиот потег на Доналд Трамп да го избере Рекс Тилерсон, шефот на нафтениот гигант ExxonMobil предизвикува оживување во Москва и неспокојство во источлноевропските земји, заради перспективата “пријател на Путин” да стане прв дипломат на САД”, пишува британскиот весник Guardian. Сојузниците на САД реагираа растревожено на веста, но многу дипломати изјавија дека ќе ги почекаат говорот на Тилерсон во Сенатот за да дознаат и да коментираат дали тој е способен да се трансферира од директор на нафтена компанија во државник. Трамп со овој потег ризикува да предизвика бунт меѓу Републиканците, со оглед на блиските врски на Тилерсон со рускиот претседател Путин, кои би можеле да го напрваат несоодветен за оваа позиција. Поранешниот министер за одбрана

PROFILE

5

Имајќи предвид колку исполитизирана дејност е нафтената индустрија тој сигурно во својата кариера морал да работи со државни лидери и министри од многу земји низ светот. Тој со сигурност знае како се води двострана диломатија подобро од некои сенатори, кои се изјаснуваат само од говорницата

Роберт Гејтс и поранешниот државен секретар Кондолиза Рајс, долгогодишни експерти за Русија, засега ја поддржуваат номинацијата. Тилерсон управува со огромна организација со значителни приходи, има солидно искуство од Блискиот Исток. 64 годишниот Трамп е многу способен бизнис раководител на една од најголемите компании во време на нестабилност на пазарите на нафта и гас. Имајќи предвид колку исполитизирана дејност е нафтената индустрија тој сигурно во својата кариера морал да работи со државни лидери и министри од многу земји низ светот. Тој со сигурност знае како се води двострана диломатија подобро од некои сенатори, кои се изјаснуваат само од говорницата”, пишува Wall Street Journal. Кулминација на неговата работа во Русија е договорот од 2011 година кј на ExxonMobil му даде пристап до огромни ресурси во рускиот дел на Северниот океан, а за возврат руската нафтена компанија Rosneft

доби можност да инвестира во операции на американската фирма и во други земји. Овој догово беше сопрен во 2014 година зарадт антируските снакции, кој според Тилерсон на компанијата и донеле загуби од 1 милијарда долари. “Како најголема нафтена компанија во Америка, проценета на 390 милијарди долари, ExxonMobil има дејности на шест континенти, и е своевидна држава во држава. Иако никогаш официјално не бил дипломат, Тилерсон оставил американски отпечаток на многу повеќе земји од било кој друг номиниран пред него за оваа позиција”, пишува New York Times. За време на Тилерсон, компанијата ExxonMobil има склучено многу профитабилни зделки со репресивни режими во Африка, влезе во пријателски односи со Кина, се спријатели со Виетнам, има големи поуки од Венецуела, а изгради и блиски односи со Русија во време на големата недоверба помеѓу Кремљ и Западот. nnn

ИЛ АМЕРИКАНСКИ ОТПЕЧАТОК ВО МНОГУ ЗЕМЈИ


www.kapital.mk

Капитал број 894 16.12.2016

6

НАВИГАТОР ИЗЈАВА НА НЕДЕЛАТА

> БРОЈКА

15,7%

повеќе патници се превезени од двата македонски аеродроми од јануари до ноември

АЛЕКСАНДАР ВУЧИЌ

премиер на Србијa

Србија никој нема да ја гази и понижува, а ние никого не мразиме, не сакаме конфликти, никому ништо не му подметнуваме, на никого не му ставаме сопки и со сите сакаме да разговараме, да работиме и да наоѓаме компромиси.

НБРМ ГЛЕДА СТАБИЛНОС

Н

ародната банка на РМ одлучи неделава да ја намали за 0,25% каматната стапка на благајничките записи, и таа да изнесува 3,75%. Ова е референтната каматна стапка врз основа на која што се формираат каматните стапки на депозитите и кредитите, па со овој чекот на НБРМ се очекува поевтинување на кредитите, но и намалување на каматите за штедење.

ДОЛАРОТ УРИВА РЕКО ПО ПОБЕДАТА НА ТРА

Н

ајважната валута во светот се повеќе расте. Во трите недели по победата на Доналд Трамп на изборите за претседател на САД, доларот забележа еден од најострите растови во однос на кошницата од валути, коментира Economist. Американската валута ја зголеми

вредноста за 40% во однос на дното што го достигна во 2011 година. Јуанот се намали до најниско ниво во однос на доларот од 2008 година, а има тврдења дека властите на Кина размислуваат за построги ограничувања врз странските превземања на домашните компании, за да се ограничи притисокот.

Валутата на Индија, која си има свои проблеми во земјата, исто така, достигна рекордно дно во однос на зелената валута. Другите азиски валути се распаднаа до нивоа невидени од финансиската криза во 1997-98 година. Како што анализира The Economist, овој раст на доларот може да


www.kapital.mk

Капитал број 894 16.12.2016

7

СТ, КРЕДИТИТЕ ЌЕ ПОЕВТИНАТ Централната банка овој потег го образложи со, како што изјави гувернерот Димитар Богов, “видливото видливото стабилизирање на очекувањата на економските субјекти, коешто во континуитет е присутно во последните шест месеци, и на значително повисоката структурна ликвидност на банкарскиот сектор. Сигналите за стабилизација се видливи во двата пункта каде што политичката криза имаше најголеми ефекти – девизниот пазар и депозитите во банкарскиот систем.“.

мисла на неделата Примарна цел на корпорациите е да заработат пари, а примарна цел на владите е да земат добар дел од тие пари и да го дадат на друг.

Лери Елисон

основач на Oracle

ОРДИ АМП ВО САД

Американската валута ја зголеми вредноста за 40% во однос на дното што го достигна во 2011 година. Како што анализира The Economist, овој раст на доларот може да значи најава на промени на економската политика на САД. Инвеститорите тврдат дека Трамп ќе ги намали даноците и ќе го зголеми буџетот за инфраструктурата.

значи најава на промени на економската политика на САД. Инвеститорите тврдат дека Трамп ќе ги намали даноците и ќе го зголеми буџетот за инфраструктурата. Од друга страна, фискалната експанзија ќе ги натера Федералните резерви (ФЕД) да ги зголемат каматните стапки што побрзо за да се нормализира инфлацијата. Во меѓувреме, се подобрија и економските параметри на САД кои што исто така го поттикнуваат растот на оваа валута. Доларот ја зголеми вредноста во однос на кошницата валути и како последица на растот на продуктивноста и индустриските нарачки од фабриките во САД. И тоа се случи и покрај драстичното зголемување на трговскиот дефицит на САД за близу 18%, што се очекува да наштети на развојот на американската економија. Дефицитот на земјата е зголемен до 42,6 милијарди долари, иако прогнозите на аналитичарите беа за дефицит од 42,1 милијарди долари. Причина за ова е намалувањето на извозот за 1,8% и соодветно зголемувањето на увозот од 1,3%. Но и покрај ова, продуктивноста во САД порасна во третиот квартал со 3,1% на годишна основа, а индустриските нарачки од фабриките во октомври се зголемија за 2,7% наспроти очекувањата

дека побарувачката за американски индустриски производи ќе биде помала. Што се однесува до последиците од растот на доларот врз македонската економија, тие би биле незначителни. Анализирајќи ги статистичките податоци за увоз и извоз на земјата, повеќе компании ќе загубат од растот на доларот, бидејќи земјава повеќе увезува одошто извезува во долари. Меѓу 25-30% од увозот на Македонија е од Русија, САД, Бразил, Украина, Кина и уште неколку земји со кои тргуваме во долари. Кај извозот пак, најголем дел, или над 70% е насочен кон земјите од ЕУ, така што од растот на доларот во однос на еврото не се очекуваат позначајни ефекти врз економијата. Според проценките, само околу 15% од извозот во странство се наплатува во долари, главно во Русија и земјите од источниот блок. Статистичките податоци покажуваат дека Македонците малку штедат во долари, иако откако почна трендот на јакнење на американската валута во однос на еврото, интересот за долари расте. Според официјалните статистички податоци, граѓаните во банките чуваат околу 200 милиони долари, што е 7% од вкупните штедни влогови во девизи. nnn

> БРОЈКА

5%

е зголемен бројот на туристи во Македонија во првите десет месеци годинава

лидери

НАОКИ ИЗУМИЈА

Директорот на јапонскиот пиварски гигант Asahi договори купување на пет источноевропски пивски брендови за 7,3 млрд евра.

ПАОЛО ЏЕНТИЛОНИ

Со Џентилони како премиер, Италија добива умерен лидер со репутација на ладнокрвен и трезвен човек, кој треба да внесе промена во управувањето

не им беше неделата

АНДРЕЈ ПЛЕНКОВИЌ

За блокирањeто на Србија во прегворите со ЕУ, Хрватска доби критики на светска сцена дека не е добро да ги блокира соседите.

РЕЏЕП ТАИП ЕРДОГАН

Наместо лидер на муслиманскиот свет како што се замислуваше, Ердоган станува губитник и на политички и на економски план.


www.kapital.mk

Капитал број 894 16.12.2016

8 COVER STORY СЦЕНАРИЈАТА ЗА

ИЗБОРИ КАЖА МНОГУ ЗА ШТО ЌЕ СЛ Политичката криза, во најконструктивната демократска смисла на зборот, во Македонија тукушто почна, а Груевски сака што побрзо да ја формира новата влада, за „конечно кризата

во Македонија да заврши“. Очигледно сите не подразбираме исто под поимот криза. За граѓаните кои мнозински гласаа за промени, кризата не може, нема, и не треба да се разреши додека не се утврди


www.kapital.mk

Капитал број 894 16.12.2016

9 А ПОСТИЗБОРНА МАКЕДОНИЈА пишува:

Максим Ристески

П

maksim.risteski@kapital.mk

фотографија: МИА

ИТЕ АА А ТОА ЛЕДИ и правно процесира одговорност за она што го слушнавме во „бомбите“. А за Груевски кризата е токму овој процес, за чие успешно завршување со СЈО во главната улога унисоно постизборно притискаат и странците

Првите денови по изборите дел од јавноста се жестеше дали распределбата на мандатите меѓу коалициите на ВМРОДПМНЕ и на СДСМ ќе заврши со 51:49, 51:50 или 51:51 - до затворањето на овој број на магазинот Капитал, кога од Државната изборна комисија имаме само прелиминарни резултати, ВМРО-ДПМНЕ слави победа на изборите што се одржаа на 11 декември. Иако, вистината е дека при вака мала разлика меѓу бројот на освоени мандати одреден сооднос не значи ништо повеќе од математичка можност за составување влада – стигнување до збирот 61. Најважниот факт од изборите е дека ВМРО-ДПМНЕ иако сè уште може да смета на победа, таа е само номинална, додека сите суштински параметри за остварена цел ги има опозицијата. Зашто најпроблематичните аспекти на владеењето на коалицијата ВМРО-ДПМНЕДУИ не настанаа поради самиот факт што овие две партии опстануваа во владата. Туку поради на избори слабо изразената опозиција кон начинот на кој владееја, а што им даваше за право да сметаат на голем легитимитет и да се повикуваат на народот. Сега имаме целосно сменета ситуација - и ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се далеку од можноста да се повикуваат на најголема поддршка од електоратот, а камо ли на уверливо изразена во споредба со добиената за опозицијата. И без да го цитираме претседателот на СДСМ, Зоран Заев, дека „мнозинството граѓани избраа промени“, бројките се јасни - коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ има пад на поддршката 27 илјади гласови помалку во однос на претходните избори од 2014 година), но сега расположението на граѓаните за промени е поголемо од поддршката за досега владејачката партија. Коалицијата на СДСМ на овие избори доби 152 илјади гласови повеќе отколку во 2014, а ако на нејзиниот резултат се додадат гласовите за партиите само од македонскиот блок што водеа кампања со реторика против актуелната власт (ВМРО за Македонија, ЛЕВИЦА, Коалицијата за промени и правда, Либералната партија), опцијата против тоа ВМРО-ДПМНЕ одново да прави влада има 33 илјади гласови повеќе. Во контекстот зголемената излезност е знак сам по себе.


www.kapital.mk

Капитал број 894 16.12.2016

10

COVER STORY

Ден по изборите, министерот Попоски имаше средба со шефовите на диломатија во ЕУ

(Невоз)можни коалиции

Бројките на освоени мандати на изборите во целата новонастаната констелација, јасно покажуваат дека ќе биде тешко да се направи владина коалиција, па дури прашање е дали е тоа воопшто можно. Во неколкуте сценарија за развој на ситуацијата првото е она во кое ВМРОДПМНЕ би останало на 51 мандат, што со десетте на ДУИ е доволно за мнозинство, и подразбира продолжување на досегашната владина коалиција. Но, ова колку би било тешко да се договори, уште потешко би функционирало. Овде, а во контекст на изјавата на Груевски што побрзо да се формира новата влада, за „конечно да создадеме услови кризата во Република Македонија да заврши“, мора да се потенцира кој што подразбира под поимот политичка криза во Македонија. За граѓаните кои гласаа за промени, очигледно кризата не може, нема, и не треба да се разреши додека не се утврди и правно процесира одговорност за она што го слушнавме во „бомбите“. А за Груевски кризата е токму овој процес, за чие успешно завршување со СЈО во главната улога унисоно притискаат и странците. Да се вратиме на сценариото. Дури и сосем да не се точни шпекулациите за раздор во ДУИ, дека добар дел од пратениците и членството никако нема да се согласат да се обнови коалицијата со Груевски, прашање е дали лидерот на ДУИ, Али Ахмети, воопшто ќе се осмели да почне преговори со ВМРО-ДПМНЕ. За ДУИ се смета дека покрај поради сомничењето на нејзините функционери за криминал, партијата од гласачите беше главно казнета за, благо кажано, неуморната толерантност кон коалицискиот

З

партнер во Владата, ВМРО-ДПМНЕ. Ова а Заев значење на деведесет и трите илјади проблем ќе гласови за БЕСА и за Алијансата за биде ако сега, Албанците (наспроти околу 87-те илјади откако се отвори на ДУИ), Ахмети ќе мора да го прочита за Албанците, би ако воопшто сака политички да опстане. направил следен Особено зашто веќе за нешто повеќе од чекор - да формира четири месеци следат локалните избори. влада со сите Но, и да прифати да преговара со ВМРОалбански партии, ДПМНЕ, Ахмети ќе треба да удри по што ќе го искористи сите пет столба на програмата што ја ИСМЕТ ВМРО-ДПМНЕ со бранеше во кампањата. Консензуалност РАМАДАНИ нова деструкција, и претседател на во одлуките и економска еднаквост ЕАСМ: демократијата пак меѓу Македонците и Албанците (повеќе ќе биде на улица. Бадинтер при носењето на државниот буџет, н.з.), двојазичност на цела територија на државата, евроатлански и евроинтеграциски процес, како и во Македонија. исполнување на препораките на Прибе „Треба да знаете дека секој што бара од и неограничен мандат на Специјалното Македонија да се продолжи работењето јавно обвинителство. За ова лидерот на на СЈО повеќе од договореното, всушност ДУИ ќе треба да преговара после изборна свесно или несвесно сака продолжување кампања што јасно беше поделена во на кризата“, изјави Груевски. два блока - едниот кој застапуваше Но, хипотетички и да прифатиме дека допрецизирање и доимплементирање на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ некако ќе успеат да статусот на албанскиот јазик, и другиот, се договорат, владата што би ја формирале, со кој Ахмети во случајов би требало да овојпат без можност да се повикуваат преговара, кој најефективниот дел од на легитимитет (и во македонскиот и во кампањата го градеше на застрашување албанскиот кампус опозициските опции и одвраќање на Македонците од самата заедно освоија повеќе гласови од ВМРОидеја за рамноправна употреба на ДПМНЕ и ДУИ), секако ќе предизвика албанскиот јазик. За посетување, од бојкот на Парламентот од страна на СДСМ ДУИ и јавно порачаа дека овојпат нема и коалицијата, од БЕСА, од Алијансата да прават компромиси и да прифаќаат за Албанците ...; ќе има нови, посилни половични решенија. протести на крилата на изборниот Кога е во прашање поддршката за работата резултат на опозицијата (вака предвидува на СЈО, што ДУИ (барем декларативно) германски Тагесцајтунг), кои, како такви, безрезервно ја дава, ставот на Груевски преоптимистички би било од страна на што го искажа во кампањата е дека власта да очекува дека ќе може да ги продолжување на рокот на работењето контролира со апсења и со медиумски на СЈО ќе значи продолжување на кризата менаџмент.

РАМАДАНИ: ЌЕ МОРА ОДНОВО МНОГУ ИНТЕНЗИВНО ДА СЕ АНГАЖИРААТ САД И ЕУ



СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

БРЕНДОВИ

23

ДЕКЕМВРИ

2016

ДИГИТАЛНОТО ВРЕМЕ И НОВИТЕ ПРАВИЛА НА БРЕНД МАРКЕТИНГОТ Не е далеку денот кога паметните фрижидери во домот ќе порачуваат продукти директно од супермаркет, заштедувајќи им го времето за рутински секојдневни задачи на потрошувачите. Дали тогаш ќе има смисла компаниите да трошат милијарди долари за традиционално рекламирање? Брендовите стануваат свесни дека потрошувачот денес бара многу повеќе од само обично потсетување оти треба да го купи нивниот детергент, чоколадо или сок. Потрошувачот сака негово вклучување во градење на приказната за брендот – engagement е клучниот збор за сите маркетинг стратези во моментов. Капитал го подготвува специјалниот прилог “Брендови: Дигиталното време и новите правила на бренд маркетингот“ каде што ќе објасниме како најефективно да се вклучат потрошувачите во развојот на еден бренд. Преку примери на успешни светски, регионални и локални брендинг кампањи ќе ви дадеме скапоцено know – how за креирање на бренд приказна имајќи ги предвид сите фактори на денешниот дигитализиран начин на живеење: новите технологии, интернетот, социјалните мрежи...

l ENGAGEMENT: АКТИВНО ВКЛУЧЕТЕ ГИ ПОТРОШУВАЧИТЕ ВО ПРИКАЗНАТА ЗА ВАШИОТ БРЕНД l КАКО ТЕХНОЛОГИЈАТА ГО МЕНУВА МАРКЕТИНГОТ? ШТО ЌЕ СЕ СЛУЧУВА СЛЕДНИТЕ 10 ГОДИНИ? l КАКО ДА ЈА ИСКОРИСТИТЕ ЕМОЦИЈАТА ВО КРЕИРАЊЕ НА ПРИВЛЕЧНА АДВЕРТАЈЗИНГ СОДРЖИНА: ЛЕКЦИИ ОД СВЕТСКИТЕ МЕГА БРЕНДОВИ l НЕКОГАШ И СЕГА: ЕВОЛУЦИЈАТА И РАСТОТ НА ДИГИТАЛНИОТ МАРКЕТИНГ l 10 ИДЕИ ШТО ГО СМЕНИЈА СВЕТОТ НА МАРКЕТИНГОТ l УСПЕШНИ РЕГИОНАЛНИ И МАКЕДОНСКИ ПРИМЕРИ НА НОВИ БРЕНДИНГ СТРАТЕГИИ l КОЛКУ МАКЕДОНСКИТЕ КОМПАНИИ ЈА КОРИСТАТ ДИГИТАЛНАТА КОМУНИКАЦИЈА ЗА КРЕИРАЊЕ НА ПРИКАЗНАТА ЗА БРЕНДОТ Повеќе информации во врска со прилогот и за претставување во истиот можете да добиете на е-мail: marketing@kapital.com.mk l gordana.mihajlovska@kapital.mk или на телефонскиот број ++ 389 2 3298 505

ЛИЦE ЗА КОНТАКТ:

ГОРДАНА МИХАЈЛОВСКА


www.kapital.mk

Капитал број 894 16.12.2016

13 Второто сценарио е она во кое мандатот го добива СДСМ - или во случај постапувањето по приговорите до ДИК да доведе до еднаков број мандати со ВМРО-ДПМНЕ, или откако партијата на Груевски не би успеала да обезбеди мнозинство за да формира влада. Овде има две варијанти - едната во која би останала прелиминарната распределба на мандати, во кои СДСМ и албанските опозициски партии (БЕСА, Алијансата, ДПА) немаат доволно пратеници за мнозинство (имаат 59, а потребни се 61), па мораат да преговараат и со ДУИ. Оваа варијанта е многу малку веројатна, поради сигурното одбивање на опозициските партии на Албанците да коалицираат со ДУИ. Втората варијанта подразбира од приговорите до ДИК да произлезе ситуација во која СДСМ и БЕСА би добиле по уште еден пратеник (за вкупно 61 опозициски мандат - без ДУИ) и математички би можеле да формираат влада. Ваквата влада би му дала поддршка на СЈО (за продолжување на мандатот и за измени во Законот за заштитени сведоци) и би се заложила за спроведување на препораките на Прибе. (Што се однесува до поддршката за СЈО, таа, барем математички, во Собранието би требало да биде обезбедена ако се формира влада на каква и да е коалиција, поради доволниот број пратеници на

опциите што ја поддржуваат работата на ова обвинителство). Но, малку е веројатна поради ризикот од дестабилизација по жестока реакција на ВМРО-ДПМНЕ која веќе обвинува и врши притисок врз ДИК, дека има најава за фалсификување пораз на ВМРО-ДПМНЕ. Оттука, доаѓаме до третото сценарио, за широка коалиција. Аналитичарите очекуваат дека ако ја има, таа ќе биде со краток, транзициски рок; секако нема да биде производ на коалиција со усогласена политика, туку на коалиција што најверојатно ќе даде поддршка во владата да влезат непартиски експерти што ќе подготват нови избори. А во меѓувреме може и да направат клучен исчекор во евроатланските интеграции, за што извесни индиции даде изјавата на претходникот на Јоханес Хан, Штефан Филе, дека не е заборавен неговиот предлог за паралелни преговори за членство на Македонија во ЕУ и преговори со Грција за решавање на прашањето со името. „Разбрав дека овој предлог е во задниот џеб на политичарите и се надевам оти кога ќе биде добра ситуацијата на теренот во земјата, ова е начин како да се пристапи кон ова прашање“, коментираше Филе на дебатата во Брисел, „Балканот: Зголемување на поврзаноста на патот

кон ЕУ“ . Процесот на договарање на евентуалната широка коалиција, сметаат одредени аналитичари, би бил олеснет ако ВМРОДПМНЕ на другите партии како партнери за преговори им прати нови ликови, наместо Груевски и со него асоцираното актуелно раководство. Директорот на Центарот за студии за Југоисточна Европа при Универзитетот Грац во Австрија, Флоријан Бибер, во изјава за Мета, вели дека е можно ваквата голема коалиција да добие поддршка од Европската унија. „Очекувам дека ќе има некаква инволвираност на ЕУ во обид да се спречи продолжување на кризата и организирање на нови избори, кои нема да дадат некои поинакви резултати. Дали тоа ќе биде преку притискање за формирање голема коалиција или поширока коалиција без ВМРО-ДПМНЕ, останува да се види“, вели Бибер. Наспроти неговиот став дека ЕУ не би дозволила влегување во серија избори што повторно би можеле да завршат со тесен резултат, како некаква четврта варијанта постои и токму тоа - неможност да се состави владина коалиција, односно нужност да органзираат нови предвремени парламентарни избори.


www.kapital.mk

Капитал број 894 16.12.2016

14

COVER STORY

Дека тоа „не е толку нереално“ оцени европратеникот од Хрватска, Тонино Пицула, кој ги набљудуваше македонските избори во неделата. „ Дали тоа ќе се случи следната година, можеби во комбинација со локалните избори, кои би требало да се одржат напролет, засега е не јасно“, изјави Хрватот. Што се однесува до изјавите/очекувањата на меѓународната заедница по изборите, сите имаат ист рефрен: Поддршка за СЈО и итно спроведување реформи. „Очекуваме спроведување реформи за решавање на системското владеење на правото, како и на итните реформски приоритети. Владата и опозицијата треба да продолжат со целосно спроведување на претходните политички договори, што вклучува и поддршка на работата на СЈО“, порачаа високата претставничка за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини, и еврокомесарот Јоханес Хан. „Сега е важно владата да се формира брзо и таа да го искористи својот мандат да спроведе итни реформи. Во областите на владеење на правото, јавната администрација, како и во слободата на медиумите и изразувањето, на земјата и се потребни итни уверливи резултати. СЈО мора да биде во можност да продолжи со својата работа без пречки со цел да открие и да казни злоупотреба на моќ и власт“, порача шефот на германската дипломатија, Франк Валтер Штајнмаер, во соопштение од германското МНР. Од американскиот Стејт Департмент оценија дека изборите се „важен прв чекор за Македонија да излезе од политичката криза“. „Ги охрабруваме партиите што ќе ја формираат новата влада да работат конструктивно со опозицијата за спроведување на реформи што ќе ја унапредат евроатланската интеграција, особено во областа на владеењето на правото“, порача портпаролот на Стејт Департментот, Џон Кирби.

Тешко без ангажман на странците

Сценариото за нова влада на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ е најневеројатно од можните, според претседателот на Евро-атланскиот совет на Македонија, Исмет Рамадани, но како и да се развива ситуацијата, тој смета дека ќе бара ново интензивно ангажирање од страна на ЕУ и на САД. „Речиси е невозможно влада да формираат Никола Груевски и ДУИ. Тука се реториката и настапите на Груевски, доста разнишаната

Ова не е време за објавување на лажни вести или заговори. Амбасадорот на САД не се сретна со претставници на ДИК, не ја посетил Државната изборна комисија, ниту, пак, интервенирал кај некој од членовите на ДИК, реагираа од Амбасадата на САД позиција на Ахмети како лидер, но и на ДУИ како партија, од која тој не може веќе да зборува и да коалицира во името на Албанците. А и во ДУИ се свесни дека завршија како губитници од коалцијата со Груевски“, вели Рамадани. Има шанса, смета тој, но која ќе биде комплексна за реализација и со сериозен потенцијал за дестабилизација, сите албански парлементарни партии да направат владина коалиција со СДСМ. „Тука прво ќе биде тешко да се усогласат ставовите меѓу самите албански партии, и под услов да ја снема резервата на опозицискиот блок кон ДУИ, зашто таму (во ДУИ) како да не се спремни да се ослободат од тие кои се влезени во криминал и корупција. А за Заев проблем ќе биде што сега, откако се отвори за Албанците, би направил следен чекор - да формира влада со сите албански партии, што ќе го искористи ВМРО-ДПМНЕ со нова деструкција, и демократијата пак ќе биде на улица“, смета Рамадани. Трета варијанта што според него доаѓа предвид, е широка коалиција, под услов да има место за некакво општо помирување во Македонија, пред сè меѓу поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ. „Тогаш е можна варијантата за широка коалиција, во која би биле ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и БЕСА - веројатно и другите албански опозициски партии ќе се

приклучат кон БЕСА. Овие варијанти се отворени, но мора да се каже, зашто е реално, ќе мора уште еднаш, многу интензивно да се ангажира администрацијата на САД и на ЕУ“. Професорот, кој е поранешен амбасадор на Македонија во НАТО, Нано Ружин, смета дека меѓународните партнери на Македонија, САД и ЕУ, немаат предрасуди околу која и да е опција за новата владина коалиција, ако постои начин таа да испорача поддршка за СЈО, за реформите со пржински предзнак. „Јасни се позициите на САД и на ЕУ кои инсистираат идната влада да постапува со поддршка за СЈО, за Прибе, за пржинскиот договор ... Евидентно е дека само некоја нова структура на власт тоа може да го спроведе. Или да се формира од блокот албански партии заедно со СДСМ, која без никакви дилеми би ги спровела реформите; или дури и да формираат влада ВМРОДПМНЕ и ДУИ, со тоа што ДУИ и другите албански партии, заедно со опозицијата, со СДСМ, ќе гласаат за поддршка на СЈО и пржинските обвраски. Трета опција е концентрациона влада, што, исто така би ја изработила транзицијата. Суштината околу која сè се врти е да се спроведе договореното во Пржино и останатите реформи - САД и ЕУ ништо друго не ги интересира“, вели Ружин. nnn



Капитал број 894 16.12.2016

16

www.kapital.mk

ИНТЕРВЈУ

БРАНКА ПАВЛОВИЌ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УПРАВЕН ОДБОР НА ОХРИДСКА БАНКА СОСИЕТЕ ЖЕНЕРАЛ

ЛОЈАЛНОСТА НА НАШИТЕ КЛИЕНТИ Е НАША НАГРАДА Охридска банка Сосиете Женерал секоја година бележи раст на финансиските резултати, постојано развивајќи иновативни банкарски решенија, обезбедувајќи на тој начин разновидност од основни и напредни финансиски услуги за своите клиенти.


www.kapital.mk

П

Претседател на Управниот одбор е госпоѓата Бранка Павловиќ, првата и единствената жена претседател на Управен одбор на банка во нашата земја. Своето долгогодишно искуство во банкарскиот сектор во регионот успешно го пренесува, продолжува и надградува, при што резултатите се повеќе од забележителни. Во 2016 година Охридска банка Сосиете Женерал е носител на тројна круна во наградувањето на најуспешните банкарски институции. Најново е дека Охридска банка Сосиете Женерал е штотуку прогласена за „Банка на годината во Македонија за 2016 година“ од „The Banker“, една од најпрестижните меѓународни публикации за финансиски работи, награда што доаѓа веднаш по претходните две награди за најдобра банка, доделени од „Euromoney“ и „Global Finance“. XВи X честитаме на постигнатите резултати на банката и добиените награди во 2016 година. Како вие го доживувате ваквиот успех од професионален и личен аспект? 2016 година беше година полна со контрасти, многу предизвикувачка од повеќе аспекти, но секако најуспешна за Охридска банка Сосиете Женерал. Горди сме на една работна година која покажува солиден комерцијален раст, манифестиран во сите наши деловни сегменти, што ја илустрира нашата издржливост и отпорност како организација да одговориме на сложените пазарни односи и барања од клиентите. Тоа што во една година примивме врвни награди од трите најпрестижни меѓународни институции во банкарската индустрија е потврда на нашите извонредни перформанси. Огромно признание е што едноподруго ги примивме Наградата на „Global Finance“ за Најдобра банка во Македонија во 2016 година, во март, од списанието „Глобал фајненс“ на Светската банка во Вашингтон, што ги селектира најдобрите финансиски институции во целиот свет; потоа Наградата за извонредност на „Euromoney“, Најдобра банка во Македонија во 2016 година, во јули, од списанието „Еуромани“, авторитет во финансискиот свет, кој им изразува признание на банките со најдобри перформанси во светот преку доделување награди. И последнава награда Банка на годината во Македонија, 2016, што ја примивме минатата недела од списанието „The Banker“, публикација на „Financial Times“, главниот светски ресурс за банкарство и финансии, кој оваа година слави 90 години од постоењето. Препознаени и потврдени сме како сигурен финансиски партнер на населението и

Капитал број 894 16.12.2016

17 компаниите и како стабилна поддршка на севкупниот развој на Република Македонија. Никој не може да очекува поголемо признание за неговиот професионализам, за неговиот пристап фокусиран на клиентите, за посветеноста и иноваторскиот однос на неговите вработени, кој притоа константно ги испорачува и ги надминува очекуваните резултати. За нас овие награди се мотив и обврска и натаму да растеме и да даваме сè од себе за нашите клиенти, вработени, акционери и партнери, настојувајќи да станеме најпрепорачаната банка на македонскиот пазар. XДоаѓате X од Србија, каде што бевте член на Извршниот одбор на Банката, одговорна за корпоративниот сегмент во Сосиете женерал – Србија и претседател на Управниот одбор на Пензискиот фонд на Сосиете Женерал, додека пак Вашата позиција пред да дојдете тука беше Главен извршен директор на Сосиете Женерал – Црна Гора. Како го карактеризирате македонскиот монетарен сектор и условите за работа на банките? Иако македонскиот финансиски пазар се карактеризира со стабилна монетарна политика, пред банките постојат бројни предизвици. За тимот на Охридска банка Сосиете Женерал, ова значи да се усогласиме со сите македонски и европски регулаторни барања и норми поврзани со капиталните барања, нови правила за вреднување на финансиските инструменти (IFRS 9), познавањето на клиентот (KYC, PEP, FATCA), интензивно фокусирање на ризикот на спречување на перење пари и финансирање на тероризам, безбедноста на информациските системи, но во исто време да ја одржуваме нашата позиција како банка ориентирана кон клиентите, кон опслужување на нивните потреби, а притоа да остваруваме добри резултати во ситуација на опаѓачки каматни стапки. Наградите од врвните банкарски авторитети докажуваат дека успеваме да им одговориме на тие предизвици. Како успеавме во тоа? Треба да им заблагодариме на нашите одлични резултати на продажната мрежа, на нашите константни напори во управувањето со трошоците и ризиците и на забрзувањето на нашата трансформација кон еден модел фокусиран на клиентот. Оваа стратегија за трансформација нема за цел само да одговори на споменатите предизвици туку и да им обезбеди идни решенија на нашите клиенти. Значи, нашата главна цел не е само да ги имплементираме сите строги прописи туку и да ги претвориме нив во деловни можности во полза на сите чинители, ставајќи го секогаш во центарот на нашиот фокус задоволството на нашите клиенти. XДали X сметате дека социоекономските фактори влијаеа врз оперативните резултати на

деловниот сектор, а со тоа и на банкарскиот сектор? Како истите се одразија на работењето на Вашата банка и како банката ја адаптираше својата стратегија со цел да одговори на овие предизвици? Навистина, во последниот период земјава мина низ серија социополитички предизвици кои влијаеја на севкупните перформанси на бизнис - секторот. Неизвесностите, што минатата пролет беа иницирани во јавноста во врска со депозитите, беа меѓу најпредизвикувачките моменти. И покрај цврстите одлуки на регулаторот и на државните институции за олеснување на ефектот од таквата криза, загриженоста на јавноста околу нивото на сигурност на депозитите во локалната валута останаа високи. Таа реакција генерираше значајни повлекувања на депозитите, што на подолг рок можеше да ја загрози солидната способност на банкарскиот систем да работи во една толку сложена атмосфера. Во текот на целиот овој период, Охридска банка Сосиете Женерал го одржа својот висок професионален однос со клиентите и функционираше како референтен советник за јавноста со цел да спречи натамошен негативен развој на настаните. На јавноста и потврдивме дека во нас може да најде доверлив и сигурен партнер. Бројките зборуваат: во текот на критичното прво полугодие на 2016 година, депозитите од населението на македонскиот банкарски пазар опаднаа за 2,6%, додека нашите депозити од население се покачија за 1%. Овој тренд продолжи во текот на третиот квартал додека од јануари банкарскиот сектор сè уште се закрепнуваше со -1%, а нашата база на депозити од население се зголеми за 2,7% и мнозинството од нив во сегментот на орочени долгорочни депозити. Мислам дека нема подобар доказ за вербата и довербата што нашите клиенти ја наоѓаат во нашата банка. XОна X што е забележливо е дека во услови на несигурност, портфолиото на производи и услуги на Охридска банка Сосиете Женерал се разликува нудејќи осигурување и долгорочни фиксни каматни стапки. Кажете ни нешто повеќе за овие уникатни понуди за население? Во поглед на понудата за населението Охридска банка Сосиете Женерал вложува напори за постојано да го подобрува искуството на своите клиенти, работејќи заедно за да ги приспособи решенијата, производите и односите кон денешните и идните барања. Многу сме горди на нашите постигања во осигурувањето и ние бевме првата лиценцирана банка за осигурување на македонскиот пазар. Со нашата пионерска понуда за кредитно животно осигурување, ние ги поставивме темелите на банкарското осигурување во Македонија. Традиционално, а и во 2016 година, нашата


www.kapital.mk

Капитал број 894 16.12.2016

18

ИНТЕРВЈУ

банка воведе неколку уникатни понуди на пазарот. Штотуку покренавме сосема нови решенија, како осигурување на платежни картички, заштита на пречекорување и, од неодамна, осигурување на трансакциска сметка, па дури и на орочени средства. Сите овие производи се резултат на нашата амбиција да им понудиме сè на едно место на клиентите кои бараат комплетни решенија. Го фокусираме нашиот напор и на она што го сметаме за клучен момент во животот на нашиот клиент: обезбедување на дом. Ова е еден комплексен и стресен момент во текот на кој ние сакаме да бидеме дури и повеќе од финансиски партнер. Во тој поглед го развивме станбениот кредит „План за стан“, гарантирајќи им на нашите клиенти фиксна каматна стапка до 2030 година, кој е многу добро прифатен и навистина ценет од клиентите, поради својата јасност, стабилност и транспарентност. Тоа им дава перспективи на купувачите на станови, а ние ќе продолжиме и натаму да ги придружуваме новите среќни сопственици. И верувам дека можеме да сториме дури и нешто подобро! XВашата X банка, а и Вие лично имате долгогодишно искуство во корпоративниот сегмент. Кој е вашиот приоритет за компаниите? Какво е поддршката што вашата банка им ја обезбедува на компаниите? Патував низ Македонија со цел подобро да ја разберам нашата деловна мрежа, и тоа е дел од мојата активност во текот на годината. Се запознав со многу наши клиенти. Благодарение на моето големо комерцијално искуство, средбата и посетата на клиенти, вклучувајќи ги и потенцијалните целни клиенти – е и ќе биде мој приоритет.

Кредити за женско претприемништво

Групацијата Сосиете Женерал е банка создадена од претприемачи за претприемачи, посветена на развојот на бизнисот. Познати сме по тоа што имаме посветен и експертски кадар кој може да се потпре на искуството и на ресурсите на Сосиете Женерал, поддржувајќи ги на тој начин проектите и потфатите на компаниите со целосно интегрирани решенија. Меѓународното присуство во 66 земји и репутацијата на Сосиете Женерал ни даваат конкурентни предности на пазарот, што ни овозможува да воспоставиме трајни односи со важни меѓународни компании и странски директни инвеститори во Македонија, а во исто време да имаме цврсти врски со најголемите домашни компании. Располагаме со уникатна позиција да опслужуваме голем број клиенти со голем распон и обем на услуги. Иновацијата и пионерството на пазарот се нашата движечка сила, ние сме повеќе од среќни да развиваме производи по мерка и услуги по барање и според потребите. Само како пример ќе наведам дека располагаме со SWIFT SCORE Net конективност меѓу Банката и компанија што има корпоративна SWIFT-адреса. Во исто време, ние сме фокусирани и на зголемување на нашето портфолио на клиенти со најрепрезентативните мали и средни компании. Продолжувањето и ширењето на иницијативите за финансирање на одржливи проекти во овој сегмент на компании се од суштинска важност за нас и нашата намера е да го поддржуваме растот на вработувањето и севкупната македонска економија. Охридска банка Сосиете Женерал беше првата банка на пазарот што се ангажира во финансирањето на проекти за енергетска ефикасност и за одржлива енергија. Таквите проекти испорачуваат огромни економски придобивки и придобивки за зачувувањето на природната околина, а Банката верува дека постои голем неискористен потенцијал за проектите од овој вид. Тоа е нашиот начин, во партнерство со нашите клиенти, да придонесеме кон подобрување на продуктивноста на економијата и да го поддржиме преминот кон една просперитетна иднина со ниско ниво на емисии на јаглероден диоксид. Овде е неизбежно, а за мене е многу важно, да се нагласи дека Охридска банка Сосиете Женерал е

единствената финансиска институција во Македонија што се придружи кон програмата „Жените во бизнисот“ на ЕБОР. Нашата корпоративна заложба за социјална разновидност, инклузија и корпоративна одговорност се манифестира во овој проект, кој го инспирира и охрабрува претприемништвото на жените како важен импулс на развојниот пат на земјата кон нејзиниот целосен социополитички и економски потенцијал. Оваа понуда е многу позитивно пречекана, а побарувачката е динамична. Финансирањето на овие проекти го правиме од сопствени извори, но бидејќи сме и дел од Сосиете Женерал, имаме лесен пристап и до различни типови кредитни линии и до локални и меѓународни финансиски институции. Ефектот од нашето ангажирање заслужува да се одбележи во последните 12 месеци корпоративните заеми во банкарскиот сектор забележаа намалување од 2,7%, ние во истиот период пораснавме за 6,3%. Со ваквите посветени активности, Охридска банка Сосиете Женерал го зголеми својот удел на пазарот, значително надминувајќи ги перформансите на другите во сегментот на корпоративни заеми, а во исто време, што е многу важно и одржа одличен квалитет на портфолиото. XКакви X се Вашите видувања во контекст на финансиските резултати на Охридска банка Сосиете Женерал? Кои компоненти од банкарското портфолио се клучни носители на перформансите на банката? Кога дојдов во Македонија при крајот на 2014 година, Охридска банка Сосиете Женерал го имаше постигнато својот историски највисок резултат. Си помислив и што уште може да се направи? Но 2015 година ја завршивме со навистина извонреден резултат, кој беше за 72% повисок од резултатот во претходната рекордна година. Како резултат на таквите извонредни финансиски перформанси, за првпат по преземањето на Охридска банка од страна на групацијата Сосиете Женерал во 2007 година, распределивме во изминатиот дел од оваа година 10% од постигнатиот нетопрофит во 2015 година, во еквивалентна вредност од околу 40 милиони денари, на нашите поддржувачки акционери. А, гледајќи го деветмесечниот резултат во 2016 година, кој е за 15% повисок отколку во истиот период минатата година и сигурна сум дека ќе продолжиме во оваа насока. Во сите други категории во кои се мерат перформансите на банките, ние сме успешни и нашиот биланс на крајот од септември е зголемен за 10% во споредба со истиот период минатата година и никогаш не бил посилен и во поглед на сопствените средства и во поглед на ликвидноста. Во вкупната кредитна активност, ние

ОХРИДСКА БАНКА СОСИЕТЕ ЖЕНЕРАЛ: ВО 2016 ГОДИНА НОСИТЕЛИ СМЕ НА ТРОЈ


www.kapital.mk

Капитал број 894 16.12.2016

19 XШто X ја прави Охридска банка Сосиете Женерал поразлична од другите банки во Македонија? Која е вашата конкурентска предност? Сите банки им обезбедуваат слични производи и услуги на своите клиенти. Но, според мене, она што нас вистински нè издвојува е и нашата култура: начинот на кој заедно работиме и начинот на кој ги опслужуваме нашите клиенти. Развиваме квалитетни и трајни односи за подобро да ги разбереме, задоволиме и однапред да ги предвидиме потребите на нашите клиенти, се со цел да ги придружуваме на долг рок кога е најважна нивната финансиска стабилност. Нашата амбиција е да продолжиме да растеме во ова предизвикувачко опкружување, да бидеме банка фокусирана на односот, да бидеме референца на пазарот, банка блиска до клиентите, банка избрана поради квалитетот на нејзините услуги и поради посветеноста на нејзините тимови. Ова е нашата основна стратегија и сите ние сме мобилизирани во оваа насока. Со цел да ги исполниме, па дури и да ги надминеме очекувањата на клиентите, својот модел за услуги на клиентите нашата банка го гради околу 5 оски: перформансите на продажната мрежа, широчината на асортиманот на производите, повеќекратните комуникациски канали, квалитетот на услугите и ефикасноста на работењето. Тоа е единствениот реален пат за постигнување раст преку деловен развој, зголемени синергии за испорака на одржлива профитабилност. пораснавме за 12% во споредба со истиот период минатата година, задржувајќи добар квалитет на портфолиото со 5,4% проблематични кредити, што е значително пониско од банкарскиот сектор. Значителниот раст на нашите профити во текот на годините се должи на доследното комбинирање на овие динамични продажни активности, одразени во формирањето на приходот, со мудрото менаџирање на трошоците и со контролираното ниво на ризикот на втората страна, што генерира ограничени, но соодветни провизии, одржувајќи го истовремено историски високиот коефициент на заштита од ризици. Му доделуваме особена важност на имплементирањето на една робусна и ефикасна структура за контрола на сите ризици на Банката, обидувајќи се да ја најдеме вистинската рамнотежа меѓу една цврста култура за управување со ризиците и развојот на бизнисот, секогаш обрнувајќи и специјално внимание на финансиската стабилност на нашите клиенти, денес и утре. XКои X се приоритетите кои Вашата банка ги подразбира во контекст на развојот и инвестициите во човечките ресурси и капитал? Редовните неделни и месечни состаноци со моите најблиски соработници се важни

и за мене и за нив. Размената на новини, важни случувања или споделувањето на проблемите и предлозите за нивни решенија се важни за подобро разбирање и вклученост на сите вработени. Одличните резултати на Охридска банка Сосиете Женерал не би биле можни без нашите вработени, без нивната страст, интегритет, отворен ум и храброст. И ние сме горди на сите нив. Признавањето на придонесот на вработените кон перформансите на Банката, промовирањето на животот на работното место и нагласувањето на разновидноста на тимовите се клучните атрибути што помагаат вработените да се приврзат кон Банката. Групацијата Сосиете Женерал се потпира на еден принцип на симетрија: фокусот и грижата што компанијата им ги обезбедува на своите клиенти мораат да ги одразуваат фокусот и грижата што таа им ги дава на своите вработени. Нашите темели се поставени врз следниве вредности: тимски дух, иновација, посветеност и одговорност. Овие вредности се рефлектираат и во нашите барања за вештини и се претставуваат низ процесите на наоѓање, евалуација, обука и развој на кариерата на нашите човечки капацитети. Фокусирани сме и на креирање и имплементација на програма за развој на

таленти, со која дополнително вложуваме во развојот и задржувањето на нашите најдобри кадри. Остануваме посветени во нашите напори за натамошен развој на нашите ресурси и човечки капацитети заради континуирана надградба на сите елементи што се сметаат како една од најконкурентните вредности на нашата организација. XШто X би издвоиле од аспект на придонес на Охридска банка Сосиете Женерал во контекст на растечките трендови за свесност и поддршка на обновливи извори на енергија, висока општествена одговорност, донација и сл. Дали Банката зема активно учество во вакви проекти и на кој начин? Обврската на Банката кон безброј општествени предизвици и предизвици на заедницата ја докажува нејзината посветеност да придонесе кон квалитетот на животот надвор од бизнис - секторот. Разните волонтерски напори на вработените, финансиската поддршка од Банката во подрачјата и за ранливите групи, жртви на природни катастрофи, како поплавите во Скопје, се признаени и поддржани како дел од нашата улога на препознатлив корпоративен граѓанин на заедницата.

ЈНА КРУНА ВО НАГРАДУВАЊЕТО НА НАЈУСПЕШНИТЕ БАНКАРСКИ ИНСТИТУЦИИ


www.kapital.mk

Капитал број 894 16.12.2016

20

ИНТЕРВЈУ

XКакви X промени се случуваат во начинот на работењето со клиентите со појавата на нови банкарски канали? Посочете ни некои значајни примери од Вашето досегашно работење? Новиот динамичен стил на живот го менува начинот на работење на банките. Размислувавме за овој аспект извесно време и, за да бидеме лесно достапни, продолживме со неколку организациони развојни зафати заради олеснување на секојдневните контакти со нашите клиенти. Најпрвин ја подобривме платформата за електронско банкарство со еден модерен и интуитивен интерфејс, кој вклучува збогатени функционалности во подобрена сигурносна околина со футуристички иновативен модул за управување со личните финансии. Банката воведе и сопствен контактен центар за да понуди алтернативен канал за контактирање низ кој можеме да сугерираме соодветни понуди, да предлагаме и да организираме средби во експозитурата, да примаме коментари и да го надгледуваме квалитетот на нашите услуги. Но еден од главните пресвртници во оваа година е лансирањето на најнапредното решение за мобилно банкарство на пазарот. Со апликацијата „Моја банка“, која е достапна на македонски, албански и англиски јазик, им ги ставаме на распола-гање на нашите клиенти потребните информации, а им даваме и можност да извршуваат трансакции од нивните паметни телефони или таблети, кога сакаат, каде што сакаат. Би требало да додадам и сето ова во услови на целосна сигурност, што беше и е перманентна преокупација во текот на целата имплементација на проектот. По само неполни три месеци, „Моја банка“ веќе е продажен хит и веќе имаме целосен план за развој на дополнителни можности и услуги. Ние сме горди и на нашата ексклузивна ВИП - експозитура и на нејзините високо ценети услуги. Клиентите имаат на располагање широк опсег на специјализирани, супери-орни банкарски услуги, како и специјални наменски придобивки и ексклузивни привилегии преку нашиот клуб „Премиум“. Останува нашата заложба да се

грижиме за секој клиент без оглед дали клиентот доаѓа во некоја од нашите експозитури или пристапува преку мобилен уред. Уште долго време ќе постои добрата стара експозитура од тули и малтер, една природна точка за средби, каде што традиционалното банкарство ќе се процесира и оптимизира. Токму затоа ние многу работиме да го подобриме искуството на нашите клиенти во рамките на нашата мрежа на експозитури со сосема нови материјали за поттикнување на продажбата, со уредување на една, пред сè, модерна, пријатна и гостољубива атмосфера, како што направивме

ова лето со отворањето на новата експозитура во населбата Аеродром во Скопје. Веруваме дека најуспешната банка ќе биде банката која ќе обезбеди најдобра рамнотежа меѓу директен човечки контакт и соодветните дигитални апликации, алатки и услуги. А, ние ќе дадеме сè од себе да бидеме таа банка.

ФАКТ: ОХРИДСКА БАНКА СОСИЕТЕ ЖЕНЕРАЛ СЕКОЈА ГОДИНА ГЕНЕРИРА СÈ ПОП


www.kapital.mk

Капитал број 894 16.12.2016

21

Донациите и придонесите за вредни културни и општествени иницијативи се и секогаш ќе останат фундаментален елемент поврзан со нашите перформанси. XШто X можат македонската јавност, клиентите и деловна заедница да очекуваат во периодот што следи? Какви се вашите планови за развој? Вербата е сидрото на односите што настојуваме да ги изградиме со сите наши клиенти. Таа може да се изгради само со текот на времето, а нашите клиенти покажуваат верба во нас кога ни ги доверуваат нивните пари и проекти. А, уште повеќе нè обврзуваат кога Банката им ја препорачуваат на нивните роднини, на нивните соработници и партнери. Ќе останеме фокусирани на потребите на нашите клиенти, обезбедувајќи за нив иновативни и поволни производи и услуги. Нашата иднина е придвижувана од дигиталната трансформација, од однесувањата на новите клиенти, од дефинирањето на банката на утрешнината. Денес, нашите клиенти можат да изберат како и кога да имаат интеракција со Банката, без оглед дали се работи за

експозитура, контактен центар, онлајнпристап, електронско банкарство или мобилна апликација. Ако сме способни себеси да се трансформираме исто толку брзо колку што се менуваат навиките на нашите клиенти, тогаш имаме одлична можност да го преосмислиме нашиот однос со нив: еден мултиканален однос во кој физичката банка и дигиталната банка меѓусебно ќе се надополнуваат. За да биде оваа трансформација успешна, ние многу инвестираме во нашата ИТ-архитектура и во опремување на нашиот персонал со нови дигитални алатки, а притоа напредуваме брзо со нашата отворена стратегија за иновации. Дигиталната технологија е истовремено и силен стимул за размислување надвор од воспоставените рамки. Нашите развојни планови се фокусирани на одржување на темпото на трансформација, со амбиција да останеме меѓу водечките банки во Македонија, испорачувајќи одржлив раст и профитабилност. XНа X самиот почетокот споменавме дека сте првата и единствената

жена која е претседател на Управен одбор на една од најуспешните банки во Македонија. Како се чувствувате во еден таканаречен машки свет? Како го одржувате балансот помеѓу својот деловен и приватен живот? Давањето еднаква шанса секому без разлика на полот е многу важно. Јас лично се чувствувам многу комотно во банкарското деловно опкружување, нема ниту еден аспект кој ми недостасува или ми е пречка. Организацијата на моето работно време зависи секако од приоритетите и од задачите. Мојот живот е моето семејство, моите пријатели, и тие се интегрален дел од тоа што го правам за живеење – мојата работа. Сето тоа оди паралелно. Некогаш има премногу од сè, а денот има само 24 часа – во тој случај организациските способности и уметноста на определување приоритети стапуваат на сцена. А се чини дека сум добра во тоа. Моето семејство може да го потврди тоа. nnn

ПОЗИТИВНИ ФИНАНСИСКИ РЕЗУЛТАТИ, НО 2016 ГОДИНА Е НАЈУСПЕШНА ДОСЕГА


Капитал број 894 16.12.2016

22

www.kapital.mk

КАПИТАЛ АНАЛИЗА

ЕКОНОМИЈА ВО ВРЕМЕ НА КРИЗА И НЕИЗВЕСНОСТ

ГРАДЕЖНИШТВОТО ЈА ОДРЖУВА ЕКОНОМИЈАТА ВО ЖИВОТ

Без градежната експанзија што во најголем дел ја стимулира државата со јавните инвестиции преку задолжувања, економскиот раст годинава би бил преполовен. Пресметките на податоците од Државниот завод за статистика покажуваат дека во првите девет месеци од годината, растот на економијата од 2,4% доколку се исклучи градежништвото би бил само 1,1%. Тоа значи дека градежништвото како сектор го генерира повеќе од половина од економскиот раст. Во исто време, додека градежништвото достигна раст од 16,2% во првите девет месеци од годината, преработувачката индустрија на пример, го проби дното со пад од 3%. Во останатите сектори во економијата, забележан е раст од 6,3% во земјоделството, 5,3% во финансискиот сектор каде што предничат банките и само 1,8% во трговијата на големо и мало.


www.kapital.mk

Капитал број 894 16.12.2016 Раст на сектори

Б пишува

Александар Јанев

aleksandar.janev@kapital.mk

Без градежната експанзија што во најголем дел ја стимулира државата со јавните инвестиции, економскиот раст годинава би бил преполовен. Пресметките на податоците од Државниот завод за статистика покажуваат дека во првите девет месеци од годината, растот на економијата од 2,4% доколку се исклучи градежништвото би бил само 1,1%. Тоа значи дека градежништвото како сектор го генерира повеќе од половина од економскиот раст. Во исто време, додека градежништвото достигна раст од 16,2% во првите девет месеци од годината, преработувачката индустрија на пример, го проби дното со пад од 3%. Во останатите сектори во економијата, забележан е раст од 6,3% во земјоделството, 5,3% во финансискиот сектор каде што предничат банките и само 1,8% во трговијата на големо и мало. Бројките што ги објави Заводот за статистика за издадените дозволи за градба пак, најавуваат дека трендот на пораст на градежништвото ќе продолжи и во следниот период, што значи дека овој сектор ќе остане столбот на кој ќе се потпира економијата во услови на продолжена политичка криза и нова изборна кампања во пресрет на локалните избори напролет 2017 година. Според податоците, заклучно со октомври издадени се одобренија за градење на објекти во вредност од 622,1 милиони евра, што е за 8% повеќе отколку во истиот период лани. Освен тоа, во државниот буџет за следната година предвидена е сума од околу 440 милиони евра за јавни инвестиции што доколку се реализира во целост, значи „полни раце“ работа за градежните компании.

23

Земјоделство, шумарство и рибарство

6,3

Рударство и вадење на камен; Преработувачка индустрија; Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација; Раст на сектори Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување Земјоделство, шумарство и рибарство со отпад и дејности за санација на околината Рударство и вадење на камен; Преработувачка индустрија;

-2,1 6,3

Од кои: преработувачка индустрија Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација; Градежништво Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување Трговија надејности големо за и трговија нана мало; поправка на моторни со отпад и санација околината возила мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за Од кои: ипреработувачка индустрија сместување и сервисни дејности со храна Градежништво Информации и комуникации Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни Финансиски дејности Транспорт и дејности на осигурувањеОбјекти за возила и мотоцикли; и складирање; Дејности во врска со недвижен сместување и сервисни дејностиимот со храна Стручни, научни и технички дејности; Административни и помошни Информации и комуникации услужни дејности Финансиски дејности и дејности на осигурување Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување; Дејности во врска со недвижен имот Образование; Дејности на здравствена и социјална заштита Стручни, научни и технички дејности; Административни и помошни Уметност, забава и рекреација; Други услужни дејности; Дејности на услужни дејности домаќинствата работодавачи; дејности на домаќинствата Јавна управа и како одбрана; задолжително социјално осигурување;кои произведуваат разновидна стока и вршат различни услуги за Образование; Дејности на здравствена и социјална заштита сопствени потреби Уметност, забава и рекреација; Други услужни дејности; Дејности на домаќинствата како работодавачи; дејности на домаќинствата кои произведуваат разновидна стока и вршат различни услуги за сопствени потреби

Придонес кон растот Земјоделство, шумарство и рибарство Рударство и вадење на камен; Преработувачка индустрија; Снабдување електрична енергија, гас, пареа и климатизација; Придонес консорастот Снабдување вода; отстранување на отпадни води, управување Земјоделство,со шумарство и рибарство со отпад и и дејности на околината индустрија; Рударство вадењезанасанација камен; Преработувачка Од кои: преработувачка индустрија Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација; Градежништво Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување Трговија надејности големо за и трговија нана мало; поправка на моторни со отпад и санација околината возила мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за Од кои: ипреработувачка индустрија сместување и сервисни дејности со храна Градежништво Информации и комуникации Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни Финансиски дејности и дејности на осигурувањеОбјекти за возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Дејности во врска со недвижен сместување и сервисни дејностиимот со храна Стручни, научни и технички дејности; Административни и помошни Информации и комуникации услужни дејности Финансиски дејности и дејности на осигурување Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување; Дејности во врска со недвижен имот Образование; Дејности на здравствена и социјална заштита Стручни, научни и технички дејности; Административни и помошни услужни дејности Уметност, забава и рекреација; Други услужни дејности; Дејности на домаќинствата работодавачи; дејности на домаќинствата Јавна управа и како одбрана; задолжително социјално осигурување;кои произведуваат разновидна стока и вршат различни заштита услуги за Образование; Дејности на здравствена и социјална сопствени забава потребии рекреација; Други услужни дејности; Дејности на Уметност, домаќинствата како работодавачи; дејности на домаќинствата кои произведуваат разновидна стока и вршат различни услуги за сопствени потреби

-3,0 -2,1 16,2 1,8 -3,0 16,2 7,6 5,3 1,8 -1,1 7,6 9,1 5,3 -1,1 1,8 9,1 3,3 1,8 3,3

25% -13% 25% -13% -13% 51% 13% -13% 51% 10% 7% 13% -5% 10% 13% 7% -5% 9% 13% 4% 9%

4%


www.kapital.mk

Капитал број 894 16.12.2016

24

КАПИТАЛ АНАЛИЗА

Градежниците очекуваат годинава да биде уште поуспешна за нив лани, затоа што крупните инфраструктурни проекти финансирани од државата влегуваат во завршна фаза. “Очекуваме оваа да биде своевидна рекордна година за градежниот сектор автопатите Кичево - Охрид, Демир Капија – Смоквица и Штип – Свети Николе ќе дојдат во точка каде што градежните работи ќе бидат во полн ек, односно во средишна накај крајна фаза. Ние како градежна фела сме среќни што најавите за нови проекти не стивнуваат – се очекуваат тендерите за патните правци Гостивар – Кичево, Блаце до граница со Косово, потоа ќе има и зафати на рехабилитација на постоечки регионални и магистрални патишта, а и во високоградбата претстојат уште неколку значајни проекти: новата зграда на Народната банка, Драмскиот театар во Скопје, доизградба на античкиот театар Скупи, итн.“, оценија неодамна од Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите при Стопанската комора на Македонија. Оттаму коментираа дека изградбата на станови продолжува со досегашната динамика и годинава се очекува приближно иста бројка на изградени станови, а цената нема да паѓа, затоа што побарувачката е на задоволително високо ниво. “Но, не се само станбените објекти во високоградбата, да не ги заборавиме и деловните и индустриските објекти, особено во слободните економски зони каде што се лоцирани странските инвестиции, кои што изминативе неколку години исто така, забележаа експанзија во градењето“, велат од Стопанската комора. Меѓутоа, меѓународните финансиски институции забележаа дека сепак поголем дел од парите што ги вложија властите во капитални објекти со кои што се стимулираше градежништвото биле наменети за помалку продуктивни проекти, како на пример споменици, фонтани, плоштади, фасади и сите други барокни зданија кои што го сочинуваат Скопје 2014, чија вредност според последните истражувања се проценува на околу 670 милиони евра.

„Инвестициите во транспортната инфраструктура се клучни за економскиот развој на Македонија“, изјави неодамна Елен Голдстајн, директор на Светска банка за Југоисточна Европа.

Секоја втора фирма работи полошо од лани

Секоја втора компанија во првите три квартали од годината произведувала и продавала помалку од лани, покажува анализата на финансиските извештаи на најголемите 30 фирми доставени до Берзата. Меѓу најголемите десет котирани компании, пет прикажаа помали приходи од продажбата од лани, една има идентични приходи, додека четири продавале повеќе отколку во првите три квартали во 2015 година. Во истиот период, сите банки што ги доставија финансиските извештаи до Берзата, ги зголемија своите приходи и добивки. Анализата на Македонска берза на добивките и загубите на сите 108 котирани компании, пак, покажува подобрување на финансиските резултати. Според овие податоци, 83 компании за првите девет месеци од годината прикажале добивки за разлика од лани кога позитивен биланс на успех имале 75 фирми. Во загуба биле 25 компании, додека пак лани вкупно 33 фирми. Вкупната добива на сите 108 котирани компании до септември изнесува 153,7 милиони евра што е 24,7% повеќе на годишно ниво. Вкупната загуба пак, изнесува 6,3 милиони евра и е намалена во споредба со 2015 година.

Неизвесна 2017 година

Пред крајот на оваа, сосема неизвесно е како ќе се развива економијата следната година. Иако парламентарните избори завршија, сепак политичката неизвесност продолжува и понатаму се додека не се формира стабилна влада. А токму тоа ги загрижува меѓународните финансиските институции според кои што ќе биде и главниот ограничувачки фактор за економскиот раст. „Политичката ситуација останува главен ризик фактор на краток рок, додека зголемениот фискален ризик поради

брзото темпо на раст на државниот долг може негативно да влијае на среден рок“, оцени неодамна Светска банка во еден регионален извештај во кој се анализира и состојбата во Македонија. Според проценките на оваа институција, економскиот раст догодина може да достигне најмногу 3,7%. Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) пак, проценува дека растот во 2017 година ќе биде околу 3,5%. Прогнозата на Народната банка е исто така економски раст од 3,5%. „Се очекува по изборите состојбите да се нормализираат и во 2017 година да има стабилизирање на домашното опкружување“, изјави гувернерот Димитар Богов додека ги преставуваше новите проекции за економијата. Бизнисмените велат дека без оглед кој ќе формира влада, за да ја извлече економијата од оваа криза, политичарите ќе мора да преземат неколку итни мерки за бизнисот кои што вклучуваат навремено плаќање на обврските на државата кон приватните фирми, намалување на бирократијата, инвестиции во патната, железничката и енергетската инфраструктура на земјата. Но речиси сите менаџери со кои разговаравме, прво што посочија е еднаков третман на домашните фирми со странските инвеститори. Велат, кога доаѓа странски инвеститор половина од министрите се креваат на нозе да им обезбедат најдобри услови за водење бизнис, од отворање на фирмите, државна помош за градење на фабриките и ослободување од речиси сите даноци, царини и придонеси, што не е случај кога домашна компанија отвора фабрика. Извршниот директор на Стопанската комора на Северозападна Македонија, Фатмир Битиќи, вели дека новата власт мора да преземе повеќе мерки што се толку итни, што „би требало да се преземат уште вчера, а не утре“. “Новата Влада мора нејзините политики да ги насочи кон домашните мали и средни претпријатија, бидејќи само тие реално можат Македонија да ја извлечат од оваа кревка економска положба. Да се донесе среднорочна стратегија за економски развој во која најголемо



www.kapital.mk

Капитал број 894 16.12.2016

26

КАПИТАЛ АНАЛИЗА

внимание ќе се посвети на развојот на домашните компании и start up бизниси како клучни актери во понатамошниот развој. Тоа би требало да е клучниот фокус на новата Влада. Деловната заедница не сака многу од политиката, туку само да се овозможи да функционира слободниот пазар во поширока смисла на зборот, фер конкуренција и насочување на државните ресурси и кон домашните инвеститори“, вели Битиќи. Тој додава дека меѓу другото, се подразбира дека од новата власт се очекува да биде транспарентна и отчетна како основни принципи на функционирање на една демократска држава. Дека домашните фирми треба да бидат приоритетни за новата власт смета и извршниот директор на Сојузот на стопански комори, Митко Алексов. „Во фокусот на новата Влада, треба бидат домашните компании и инвестирање во нивниот развој како генератори на економскиот раст на националната економија. Потребно е да се овозможи функционален механизам за справување со сивата економија, од каде нема придонес во буџетот преку плаќање на даноци и придонеси. Сивата економија претставува директна нелојална конкуренција на македонските компании која го руши

развојот на стопанството во Македонија“, вели Алексов. Универзитетскиот професор Марјан Петрески, исто така вели дека е време да настане благо свртување од ексклузивно субвенционирање на странските директни инвестиции кон субвенционирање и на домашните фирми. „Тоа може да се направи ако владата размисли за програма во која ќе ја стимулира домашната додадена вредност, односно субвенции за фирми кои одреден процент од своите репроматеријали ги купуваат на домашниот пазар. Ваква мерка би била независна од сопственоста на фирмата, па ако странските инвеститори може повеќе да се поврзат со домашната економија, тогаш тие нека добиваат поголеми субвенции“, вели Петрески. Според него, владата мора да да отвори општествена дебата за економските приоритети - што да се финансира во рамки на буџетското ограничување: дали тоа би биле инфраструктурни објекти, дали би ги финансирале иновациите и start up бизнисите, или и понатаму да ги зголемуваме тековните трошења. „За што и да се договориме дека ќе финансираме, мора да постои максимална транспарентност во трошењето на јавните

пари. А во делот на јавните финансии, неопходно е веднаш да се отпочне со фискална консолидација, за што доволно ќе биде придржување кон Фискалната стратегија 2017 – 2019 година“, потенцира Петрески. Бизнисмените исто така посочуваат дека парите што ги собираат властите од даноци, придонеси и царини, како и тие што ги позајмуваат, мора да ги трошат попродуктивно. „Очекуваме конструктивен пристап кон инфраструктурни проекти според реалните потреби на економијата или протокот на луѓе и стоки и секако намалување на влијанието на државата врз целокупната економија. Иако се пропагира дека сме настроени кон економски раст и развој, ние не успеавме да имаме раст кој ќе биде на ниво од 5%-6% со кој би се оживеала или “преродила” економијата. Растот просечно во последните години се движи околу 2,5%, за кој ние сме скептични дека е реален. Очигледно е исто така дека голем дел од растот на БДП се должи на градежништвото, односно фамозниот проект Скопје 2014 и некои други инфраструктурни проекти, кои реално не и помагаат на економијата на долг рок. Оваа инфузија со народни пари некој ден ќе се потроши, па прашањето е што потоа“, истакна Битиќи. nnn



Капитал број 894 16.12.2016

www.kapital.mk

INTERVIEW 28 ИНТЕРВЈУ

ГЛИГОР ДАЧЕВСКИ

ПРЕТПРИЕМАЧ, ПРОГРАМЕР И СОПСТВЕНИК НА DOX TEAM

ЦЕЛ ЖИВОТ СЕ БОРАМ ЗА СОФТВЕР “MADE IN MACEDONIA“ Софтвераш во душа - велат за него оние што го познаваат добро, посветен да создава високо - технолошки решенија, тука, во Македонија, со македонски програмери, и да ги продава на клиенти од цел свет. Основач на неколку стартапи, меѓу кои и денес најголемата ИТ компанија во земјава, со огромна страст може да ви зборува за неговите проекти со часови. Со Глигор Дачевски го имавме задоволството да чуеме како се прави софтвер со светски квалитет и македонски ум.

МОТО: “ТИМОТ НЕ СЕ ЛУЃЕТО СО КОИ РАБОТАМ


www.kapital.mk

Капитал број 894 16.12.2016

29 разговарал:

Игор Петровски

igor.petrovski@kapital.mk

XГлигор, X за учесниците и познавачите на ИТ пазарот во Македонија вие сте вистинска легенда: сериски претприемач, создавач на неколку успешни проекти и бизниси, активен поддржувач на стартап сцената... Но, за себе сакате да кажете дека сте пред сè вљубеник во програмирањето. Како од програмер се претворивте во бизнисмен? Дека сакам да се занимавам со програмирање, знаев уште од времето на студии на Електротехнички факултет, а како што привршував со нив, таму некаде во ’92-та, сакав да отворам некој бизнис што има врска со програмирање, но тогаш во Македонија пазарот не беше подготвен за тоа. Мене, всушност, домашниот пазар отсекогаш ми бил претесен за тоа што сум замислувал да го креирам како производ, а пред 25 години пак, никаков. На прсти од една рака се броеја фирмите што правеа или користеа некаков софтвер, а развој и продажба на софтверски решенија за странски клиенти беше речиси невозможно да се прави затоа што во тоа време немаше ниту интернет конекција, ниту други технички можности за таков бизнис. И затоа јас решив да се занимавав со трговија додека не се создадат услови за посериозна работа со софтвер. Тие услови се создадоа кон крајот на ’90-те, кога и јас, во ’99-та, набавив дигитален модем, односно два канали по 64 бита, затоа што сметав дека тоа е доволно да почнеш со бизнис. Во тоа време сите на кои што им кажав дека планирам да им продавам памет, односно софтвер на странци, ме сметаа за луд. Цели шест месеци се спремав за да почнам, односно креирав документација за проектите што би ги понудил на клиентите, како би го “пакувал“ сето тоа, заедно со мојот пријател, универзитетскиот професор Владимир Трајковиќ, тогаш асистент. Имав намера да ги исконтактирам пријателите што веќе беа заминале во странство, а што се занимаваа со ИТ, да видиме што може да се прави за почеток. XИ Xтогаш доаѓа основањето на Сеавус, каде што вие бевте партнер... Како почнува приказната за една од најголемите софтверски фирми во Македонија? Случката која што излезе дека е клучна за создавањето на Сеавус е толку банална, што нема да ви се верува... Еден ден му помагав на Трајковиќ да намести една плафонерка во неговиот стан, и додека јас дупчев во таванот за да ги ставам шрафовите, го слушав него како разговара по телефон со некого, и бидејќи, нормално, не можев да слушнам што зборува соговорникот од другата страна, сфатив

Со мојот најнов стартап DoXTeam, работиме за клиенти од Шведска, Швајцарија...Правиме напредни технолошки решенија за различни услужни сервиси, социјални мрежи, Internet of things…Отсекогаш сум се залагал за извоз на софтверски решенија со висока додадена вредност, а не за “лон производство“. само дека се интересира за отворање на програмерска фирма во земјава, и дека има повеќе недоумици околу самата идеја – на пример, колку време треба да се регистрира фирма, дали ќе се најдат програмери, дали ќе се најде лесно деловен простор, итн. Јас така качен на скалата, само дофрлав мои сугестии и забелешки и на крајот Трајковиќ рече, “дај слушни се со човеков и објасни му те молам“. Јас ја зедов слушалката, а од другата страна беше Игор Лештар, познајник на Трајковиќ, тогаш живееше и работеше во Шведска. Тогаш го направивме нашиот прв разговор околу почнување на заеднички бизнис со софтвер, набрзо потоа се сретнавме, договоривме клучни детали и јас тргнав да ги направам потребните формално – правни работи, регистрирање и сл. Така всушност се роди Сеавус, каде што јас и Игор имавме по 47,5%, а 5% доби Владимир Трајковиќ, како своевиден партнер – консултант, кој што не сакаше позначително да влегува во бизнисот, затоа што сакаше да се посвети

на својата академска кариера. XШто X конкретно работевте во Сеавус во тоа време, пред 17 години? На почетокот фирмата беше на мое име, затоа што Игор беше во Шведска, штом тој дојде во Македонија, ја проширивме регистрацијата со него и Владо, а имавме фирма соработник од Шведска, исто така. Веројатно прв продукт со кого што заработивме беше платформа за виртуелен шопинг мол, налик на тоа што сега претставува Amazon.com, да речеме. Потоа го развивавме Project Viewer, софтвер за проектен менаџмент што се применува на фајлови во Microsoft Project – алатка дизајнирана да им помага на корисниците да го следат статусот на еден проект кога во него се вклучени повеќе луѓе. Продажбата на овој софтвер одеше одлично, корисници станаа голем број мултинационални компании како SAP, BMW, Airbus… И некаде во 2005 година, кога го заработивме првиот милион евра, јас заминав од Сеавус. Знаете

М, ТИМОТ СЕ ЛУЃЕТО НА КОИШТО ИМ ВЕРУВАМ.“


www.kapital.mk

Капитал број 894 16.12.2016

30

ИНТЕРВЈУ

Мислам дека има многу малку стартапи, за да зборуваме за некаква сцена, искрен да бидам. Можеби како бројка не се толку малку за земја како Македонија, ама колку од нив се иновативни, оригинални..тоа е друго прашање. Имам впечаток дека сè едни исти дечки одат по натпревари, конференции, презентираат идеи пред инвеститори...

како викаат, кога ќе дојдат првите поголеми пари, почнуваат кавгите помеѓу ортаците во бизнисот... XЗошто X излеговте од Сеавус? Каде “пукна тиквата“ помеѓу вас и Лештар? Едноставно, имавме различни погледи за тоа што треба да биде главна преокупација на компанијата, како треба да се развива и сл. Јас отсекогаш инсистирав на понуда на најсовремени технолошки решенија, креирани од нашите тимови, дека ќе продаваме ум и ништо друго. Без намера во ниту една фаза да се претвориме во оутсорсинг дестинација и слични концепти, кои што овозможуваат стабилна заработка на краток, па и на подолг рок, но не ја развиваат креативноста, а и профитните маржи се, секако, помали, затоа што додадената вредност во тоа “лон производство“ на софтвер е многу пониска. XШто X правевте по излегувањето од Сеавус? Прво, со мој пријател со кого што уште пред Сеавус сакав да правиме нешто заедно, направивме соработка во изработка на софтвер, што тој го нудеше на клиенти во Холандија, каде што живееше. Најголем успех ни беше изработката на софтвер за јапонскиот гигант во индустријата за копир машини и решенија за менаџирање со документи, Ricoh, кој што го примени софтверот за организација на работата

во својот огранок во В. Британија и во еден момент постигна поголема пазарна капитализација дури и од Sony на тој пазар. Потоа, некаде 2009-2010 година дојде на ред создавањето на мобилната апликација за фитнес SportyPal, која почнавме да ја создаваме со тогашни двајца студенти на втора година информатика, а потоа го проширивме тимот. ГПС чипот од мобилен телефон го искористивме за да испрограмираме софтвер што ќе мери позиција на тој што трча, и уфрливме параметри како брзина, потрошени калории и сл. Апликацијата на првите тестирања имаше грешка до 0,1%, далеку подобро од тоа што ние го очекувавме. Доби многу признанија и на меѓународната сцена за ваков тип апликации, на конференции и сл., симната е досега преку 8 милиони пати, а има скоро 1 милион активни корисници, но иако успеавме да направиме некаков планетарен успех, не направивме големи пари, како креаторите на Endomondo, да речеме. XЗошто X не успеавте? Затоа што ни фалеше тим за продажба, затоа што немавме пари за маркетинг, затоа што не бевме присутни во Америка каде што се големите инвеститори...многу затоа. Ние имавме успех со Sony, кои што го ставија SportyPal како апликација за нивните мобилни телефони, меѓутоа тие тргнаа надоле со своите продажби, а и

не успеаја да ја “спакуваат“ убаво со, на пример, нивните спортски верзии на мобилни и сл. XДали X за посериозен светски продор неизбежно е за македонските стартапи да се преселат надвор од земјава? Излегува дека е така. Мора да сте поблиску до таму каде што се големите инвеститори, акцелератори, а тоа се западноевропските земји или САД. И регионалните успешни примери на стартапи, во најмала рака на Балканов им се развојните тимови, затоа што на ова поднебје има инженерски талент, а работната рака е поевтина, но маркетинг, продажба и сл., им се во Лондон, Њујорк, Сан Франциско... Јас после SportyPal имав уште еден продукт, DoxBee, софтвер за документ менаџмент, и со мојот тим бевме и во лондонскиот стартап акцелератор Seed Camp, каде што ни кажаа дека инвеститор од Англија би влегол во проектот доколку има јасна патека на развој за тој голем пазар. Ние не бевме во таа фаза на развој, ни рекоа одете си дома, најдете таму инвеститори, дигнете го продуктот на повисоко ниво и пак дојдете. Ние се вративме и моравме да направиме бизнис модел каде што истовремено ќе го развиваме продуктот и ќе заработуваме некако, што е многу тешко. Затоа на стартапот му треба инвестиција, за да може да се фокусираш на производот.

ПОТЕНЦИЈАЛ: “ЦЕЛО ВРЕМЕ РАБОТАМ СО МЛАДИ ПРОГРАМЕРИ“


Време е за нешто специјално за секој ден. TISSOT Couturier TISSOT COUTURIER AUTOMATIC LADY Е ПРЕКРАСЕН РАФИНИРАН ЧАСОВНИК. СО ЕДНОСТАВЕН И ЕЛЕГАНТЕН ДИЗАЈН. ЧАСОВНИК КОЈ МОЖЕ ДА СЕ НОСИ ВО СЕКОЈА ПРИГОДА, БЕЗ РАЗЛИКА НА ФОРМАЛНОСТА НА ОКРУЖУВАЊЕТО. ИМА НЕГРEБЛИВО САФИРНО СТАКЛО И МОДЕРНО ЦРВЕНО КОЖНО РЕМЧЕ.

ОВА Е ВАШЕТО ВРЕМЕ СКОПЈЕ - УЛ. МАКЕДОНИЈА И ТЦ РАМСТОР БИТОЛА - ШИРОК СОКАК WWW.BOZINOVSKI.COM.MK

TI S S OT WATC H E S .CO M


www.kapital.mk

Капитал број 894 16.12.2016

32

ИНТЕРВЈУ

Ние го продадовме DoxBee на неколку клиенти, заработивме од него, не е дека проектот доживеа неуспех, но неговиот потенцијал беше многу поголем. XШто X работите во моментов? Каков стартап е излезен од “инкубаторот на Дачевски“ сега? Минатата година со неколку од соработниците што се со мене уште од времето на SportyPal, се договоривме да направиме фирма, DoX Team се вика, која што ќе развива платформи за брзо градење серверски решенија. Што значи ова? Се работи за најнови технологии, микросервиси, со кои што ние можеме за 6 месеци да испорачаме нешто за кое што на голема компанија ќе и треба година до година и половина за да го развие... Првиот клиент ни беше социјална мрежа за готвачки рецепти во Шведска, клиент кој што го добивме со помош на нашиот партнер во оваа земја. За неколку месеци им направивме целосно функционална социјална мрежа која што сега има преку 100 илјади корисници. Во моментов правиме платформа базирана на Internet of things – IoT, која што преку сензори и останати модули ќе му овозможи на Nederman, голем производител на системи за прочистување воздух, пумпи, итн., со седиште во Шведска, да контролира како функционираат неговите системи инсталирани кај бројните клиенти од цел свет. Прототипот го испорачавме, видовме кои елементи недостасуваат, сега го дизајнираме системот да може сам да учи, да може да предвиди кога некој параметар ќе достигне критична точка (висока температура и сл.) и да даде навремено предупредување. Исто така, работиме едно софтверско решение и за швајцарски гигант од осигурителната индустрија, за кое што во моментов не можам да откријам повеќе детали. XВие X сте активно вклучен и во Стартап Македонија, организација што се формираше неодамна со цел да ги обедини младите претприемачи. Како го коментирате развојот на домашната стартап сцена, како да се придвижуваат работите во последно време? Мислам дека има многу малку стартапи, за да зборуваме за некаква сцена, искрен да бидам. Можеби како бројка не се толку малку за земја како Македонија, ама колку од нив се иновативни, оригинални..тоа е друго прашање. Имам впечаток дека сè едни исти дечки одат по натпревари, конференции...Се зборува многу за стартапи, тоа е сега модерен збор, како и “акцелератори“, “инкубатори“ и сл. Но, повеќето од младите “стартапџии“ имам впечаток како на хоби да гледаат повеќе одошто на сериозен бизнис. Многу се акцентира на тоа дека уште од факултет треба да се отвора стартап и сл., но јас не

Дачевски со DoXTeam

На мои вработени им дадов 20% удел во фирмата XКако X успевате да ги мотивирате и задржите своите вработени, со оглед дека цената на програмерите постојано расте, а голем број млади се иселуваат од Македонија? Да, цената расте, релативно тешко се наоѓаат програмери на пазарот, затоа што ги нема, побарувачката за софтверски продукти и аутсорсинг на светскиот пазар е голема, следствено и овој кадар сега е многу баран. Јас уште одамна решив дека ќе работам со неискусни програмери, штотуку излезени од факултет или пак уште студенти. Ќе ги развивам самиот, ќе им пружам прилика постојано да работат на интересни проекти, со најнови технологии, а оние што се подолго време со мене, решив да ги наградам со тоа што имаат удел во компанијата. На 5-6 луѓе им поделив вкупно 20% од сопственоста, што е невообичаено и за светски рамки во ваков тип компании, а не пак за Македонија. Меѓу себе си ги договорија правилата за откуп на уделите ако некој излезе од компанијата и сл., јас не им се мешав во тоа. Сметам дека ова е добар сигнал и мотивација за останатите, да работат вредно, да бидат посветени, да ја сакаат компанијата како своја. Во меѓувреме станавме 50-тина вработени, а јас стимулирам култура на соработка, отвореност, помагање, тимска работа... Сметам дека креативноста не може да се форсира, ниту да се ограничува. И до тоа се држам цело време. Оној момент кога ќе поставиш норма, стануваш “шивална“. Мора да им дозволиш да бидат креативни, да згрешат, да учат, да побараат помош од поискусните... се согласувам баш.. Треба малку искуство, да се почувствува што значи компанија... Можеби во Америка поминуваат овие студентски стартап приказни, каде што има многу јаки стартап еко системи, иако и таму мислам дека овие успешни стории не се толку наивни како што ние мислиме. Сметам дека 22-годишно "дете" е премногу младо и неискусно, што знае тоа за бизнис? А, стартап е бизнис, не е играчка... Ние поискусните може да помагаме, еве и преку Стартап Македонија, да креираме подобра околина, да наоѓаме адвокати, агенции за заштита на интелектуална сопственост, сметководствени бироа... XДали X сте размислувале вие лично да отворите некој стартап акцелератор, искористувајќи

го своето искуство, знаење, контактите? Па, јас имам учествувано во неколку такви проекти досега, а последниот беше летово, кога со уште неколку луѓе го донесовме Founders Institute, со седиште во САД, тоа е широка мрежа на акцелераторски програми низ цел свет. Правевме презентации, обезбедивме ментори, успеавме да ги убедиме луѓето од Founders да почнеме со програмата и со само пет пријавени стартапи, а тие бараа 30, со аргумент дека ова е мал пазар и сл. Но, што се случи? На повикот не аплицираше ниту еден стартап. Значи, она што го кажав, претприемачите мора да бидат поактивни, повеќе будни, да се интересираат. Не може со сила некому да дадеш нешто. nnn

КОЧНИЦА: НИСКАТА КУЛТУРА ЗА ИНОВАТИВНИ УСЛУГИ


www.detoil.com.mk


www.kapital.mk

Капитал број 893 09.12.2016

34

СВЕТ БИЗНИС И ПОЛИТИКА

DHL MEDIA TOUR ВО АМСТЕРДАМ

КАКО СЕ ПРАВИ БИЗНИС И СЕ ЧУВА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА пишува:

M Игор Петровски

igor.petrovski@kapital.mk

Малку на исток, за да се вратиш на запад, така изгледаат авионските патувања од Скопје до повеќето европски метрополи кога мора конекцијата да ти биде Истанбул, затоа што не сме најсјајно поврзани со

Најголемата светска компанија за експресна достава на пратки го претстави својот нов сервис DHL Express OnDemand Delivery во Амстердам, еден од најголемите логистички центри на планетава. Видовме и како во соработка со градските власти, DHL применува еколошки решенија за испорака до крајните корисници. континентот. Па, така, по околу шест часа ефективно летање и уште 2-3 преседување на аеродром, стигнав во Амстердам, главниот економски центар на Холандија и еден од најголемите бизнис – логистички терминали на планетава. Терминот беше околу крајот на ноември, а поводот - презентацијата на новите кориснички

услуги и технолошки решенија за брза испорака на ДХЛ Експрес (DHL Express), најголемата компанија во курирскиот бизнис на планетава. ДХЛ Експрес, компанија со приходи од 6 милијарди евра на европскиот пазар, а 14 милијарди на светско ниво, во луксузниот амстердамски хотел Амрат (Amrath) пред


Elegance is an attitude Simon Baker

The Longines Master Collection


www.kapital.mk

Капитал број 893 09.12.2016

36

СВЕТ БИЗНИС И ПОЛИТИКА

новинари од 30-тина европски земји го објави лансирањето на новиот сервис, OnDemand Delivery. “Овој сервис значи дека испраќачите на пратката ќе може да активираат конкретна опција за достава, a ДХЛ Експрес ги известува своите клиенти преку имејл или СМС за тоа до каде е стигнат пакетот. Потоа корисниците може да одберат опција за крајна испорака што ним најмногу им одговара, преку вебсајтот на OnDemand Delivery. Овој сервис го развивме особено заради сè поголемиот обем на купување производи онлајн во светот, каде што мнозинството од пратките се насочени кон домашни адреси и корисниците бараат флексибилност и практичност во услугата“, објасни Џон Персон, главниот извршен директор на ДХЛ Експрес за Европа. Персон, кој што инаку е одговорен за 60-тина европски земји, 550 логистички центри, 90 авиони, 13.000 возила и 34.000 вработени (меѓу кои и оние во ДХЛ Македонија, на чија што покана и јас Капитал замина во Холандија), истакна дека луѓето сè повеќе сакаат нивните нарачки од онлајн трговците да им стигнуваат што побргу дома и потребата за брзите курирски испораки сè повеќе ќе расте. “Ако порано брзата испорака беше карактеристична претежно за бизнис, одно сно с лу жб ени потр е би, сега индивидуалните корисници и домаќинствата стануваат огромни корисници на овие услуги“.

Акцент на екологија

Персон и неговите колеги од топ менаџментот на ДХЛ, нè запознаа и со останатите сегменти од бизнисот на компанијата, најновите трендови во брзата испорака, како и инвестициите што ги прави компанијата со цел да остане конкурентна на пазарот и ја задржи водечката позиција Во рамки на медиа турата, домаќините ни покажаа и како функционираат нивните курирски сервиси во испреплетениот со водени канали Амстердам, каде што заради густината на население и сообраќајот, т.н. последна милја на испораката (last mile delivery), e вистински предизвик за сите логистички компании, а особено за оние што треба да испорачаат индивидуални пакети до крајните корисници, до нивниот

АМСТЕРДАМ ЌЕ БИДЕ ПРВИОТ ГРАД ВО ЕВРОПА СО ЦЕЛОСНО ЕКОЛОШКИ СООБРАЌАЈ До 2025 година градските власти планираат низ улиците да се движат само електрични возила

А

мстердам нè пречека со ветровито, но не премногу студено време, и повремен дожд, типично за овој дел од Европа, во ова време од годината. Се разбира дека воздухот во вакви околности беше чист, иако во толку економски развиен град, со огромен обем на сообраќај, ПМ10 и останатите “микро – разбојници“ со кои што сме преокупирани сите периодов, знаат и да се качат, се разбира далеку од алармантните нивоа карактеристични за Скопје. Токму затоа, властите на Амстердам инсистираат сообраќајот во градот, особено во централното јадро да го направат што е можно повеќе еколошки. За тоа секако придонесуваат и самите амстердамци, со својата фамозна култура на возење велосипед, поддржана секако, и од извонредната инфраструктура за таа намена. И градските власти, впрочем како

дом или работно место. Особено интересно беше да се видат нивните курири кои што ги доставуваат пратките на велосипеди, преземајќи ги од специјалните бродови што ДХЛ ги користи за транспорт низ градските канали. Исто така се запознавме и со Cubicycle, иновативниот карго четирицикл што ДХЛ го промовираше минатата година, а сега почна да се користи и на улиците во Холандија. Возилото може да пренесе поголема количина на пратки во својот контејнер, за разлика од ограничените можности на стандардните велосипеди, курирот – возач е потпогнат од електричен механизам, возилото е сосема еколошко и многу практично, како што истакнаа

и целата држава, имаат стратешки цели за постигнување на целосно еколошки сообраќај, со прилично амбициозни рокови. Така, на пример, Амстердам преку иницијативата на градските власти, планира до 2025 година, сообраќајот во централното градско подрачје да биде целосно со електрични возила. За тоа се даваат и обилни субвенции од државата и локалните власти, така на пример, само во последниве 5 години, Градот Амстердам има доделено преку 10 милиони евра субвенции за набавка на електрични возила, за граѓани и компании. домаќините од ДХЛ. “Како компанија чиј што бизнис почива на транспортот, ние испуштаме големи количини на ЦО2 во воздухот и затоа нашите заложби, преку програмата GOGreen се да ги намалиме тие емисии за 30% до 2020 година, споредено со 2007, како стартна година. Набавуваме нови авиони што трошат помалку гориво, електрични возила за во градските средини, користиме велосипеди, како што видовте, а и во голем број од нашите логистички центри користиме најразлични начини за заштеда на енергија и што помали емисии на штетни гасови во околината“, објасни Рој Хјуз, задолжен за мрежни операции и авијација во ДХЛ Експрес Европа. nnn



www.kapital.mk

Капитал број 894 16.12.2016

38

БИЗНИС И ЕДУКАЦИЈА

ИНВЕСТИЦИЈА ВО КОСОВО ВРЕДНА 3,2 МИЛИОНИ ЕВРА

ПРОКРЕДИТ БАНКА ОТВОРИ НОВ РЕГИОНАЛЕН ЦЕНТАР ЗА ОБУКА ПроКредит Групацијата отвори уште еден центар за обука на својот кадар во регионов – новиот тренинг центар се наоѓа во Превале, крај Призрен, и ќе обезбедува напредни курсеви за обука и продлабочување на професионалното знаење на вработените во сите банки на групацијата во регионов. пишува:

К

Игор Петровски

igor.petrovski@kapital.mk

Кога стигнавме до новиот Регионален центар за обука што ПроКредит Банка

го отвори во Превале крај Призрен, во соседно Косово, заборавивме промптно и на маглата и смогот што нè чекаа назад во Скопје, и на безбројните кривини по патот до ова планинско место, што предизвикуваат мачнина во стомакот. Пред нас се отвори спектакуларна глетка - снежните врвови на Шар Планина, а наспроти нив во зимското сонце се капеше објектот на ПроКредит. Со колегите од останатите македонски медиуми што дојдоа на отворањето на Центарот минатата седмица на покана од банката, забележавме дека

регионалниот центар за обуки е изградена во извонредна околина која истовремено овозможува услови за квалитетни обуки и надоградување на вработените, како и ужување во прекрасниот пејсажот на Шар Планина и просторот наменет за рекреативни спортови. Веќе беа пристигнале колеги од медиумите во Косово и Албанија , како и останати гости на настанот, што официјално требаше да започне за околу еден час. Се разбира, сите беа излезени на терасата каде што имаше организирано мало загревање со чај и вино, уживајќи во амбиентот.

HR ИНВЕСТИЦИИ: ПРОКРЕДИТ ГРУПАЦИЈАТА ОДВОЈУВА 12 МИ


www.kapital.mk

Капитал број 894 16.12.2016

39

Поканетите на свеченото отворање уживаа во преубавата глетка кон Шар Планина од терасата на објектот. “На отворањето на тренинг центарот на ПроКредит присуствуваа голем број претставници на медиумите, бизнис и политичката сцена од регионот“ Генералниот директор на ПроКредит Косово, Илир Алиу (десно) и косовскиот министер за финансии Авдулах Хоти свечено го отворија новиот Регионален центар за обука. Објектот е граден по сите еколошки стандарди, со фотоволтаичен систем за производство на енергија и соларен систем за греење вода

Напредни обуки за вработените од сите ПроКредит банки во регионот

Потоа сите се упативме пред влезот на зградата, каде што генералниот директор на ПроКредит Банка Косово , Илир Алиу и министерот за финансии на Косово, Авдулах Хоти, свечено ја пресекоа црвената лента и го означија официјалното отворање на Регионалниот центар за обука, кој што е инвестиција од 3,2 милиони евра. „Успесите и одржливоста што ги покажуваме во нашето работење се директен резултат на нашата посветеност за постигнување на целите согласно мисијата и визијата на банката. Меѓутоа, не можеме да постигнеме ниту една од тие цели без тим од мотивирани, посветени и добро обучени вработени. Затоа, постојаното вложување во обука и развој на нашите вработени за нас е од особено значење“, рече Илиу, кој што е и член на Надзорниот одбор на ПроКредит Банка Македонија. Регионалниот центар за обука, ќе обезбедува напредни курсеви за обука и продлабочување на професионалното знаење на вработените во ПроКредит банките во регионот, објаснија од банката. Обуката за вработените ќе биде приспособена на областа во која работат со цел подобрување на нивните аналитички и интерперсонални вештини. Дополнително во овој центар за обука ќе се спроведува и ProCredit Entry Programme, која е обука за потенцијалните вработени во сите ПроКредит банки во регионот и се одвива

централизирано, само на англиски јазик. ПроКредит Банка, на групациско ниво, инвестира околу 12 милиони евра годишно во обука и развој на своите вработени, беше истакнато. “Ние веруваме дека изборот на Косово како локација за Регионалниот центар за обука дополнително ја покажува посветеноста на групацијата ПроКредит на подобрување на едукацијата, развивање на банкарскиот сектор и промовирање економски развој во земјата.“, додаде Алиу, а Борислав Костадинов, член на Управен одбор на ПроКредит Групацијата потенцираше дека „Новиот центар за обука во Превале, Призрен, покажува дека сме сериозни кога станува збор за обезбедување стимулативна средина за целиот наш персонал во која тие можат дополнително да ги развијат нивните вештини и да учат еден од друг“.

Средба со првиот човек на ПроКредит Групацијата

На официјалното отворање на тренинг центарот присуствуваше и заменик гувернерот на Централната банка во Косово којшто ја истакна значајноста на Регионалниот центар за обука во поглед на поквалитетен банкарски кадар на пазарот во Европа, а Германската Амбасадорка во Р. Косово, НЕ г- Ангелика Виетс потенцираше: “Горди сме што можеме да кажеме дека ПроКредит Банка е германска банка со германски капитал и стандарди“.

Како и новата управна зграда на ПроКредит Банка во Македонија отворена неодамна, така и регионалниот центар за обука е изграден во согласност со највисоките стандарди за заштита на животна средина. Во објектот се направени инвестиции за современа термичка изолација, фотоволтаичен систем за производство на енергија, соларен систем за греење вода и капацитети за греење што користат дрвени пелети. Објектот се наоѓа на 3.300 m² поден простор, со 32 простории и 4 предавални, како и рекреациони области на отворено и на затворено. На отворањето на Регионалниот центар за обука присуствуваше и Претседателот на Надзорниот одбор на ПроКредит Холдингот, Д-р Клаус Петер Цајтингер, најголем акционер во групацијата, којшто не зборуваше во официјалниот дел на церемонијата, но одржа неформална сесија со поканетите новинари, заедно со уште неколку членови од топ менаџментот на групацијата. Остави впечаток со својата отвореност и непосредност, иако призна дека не љуби многу публицитет и јавни обраќања. Доктор на екомонски науки и дел од тимот предавачи на академиите на ПроКредит и тоа на темите филозофија, антропологија и историја на религиите, г-дин Цајтингер изјави дека очекува да продолжи растот на економиите во регионов, поддржан делумно и од активностите на ПроКредит банките, кои што финансираат исклучиво мали и средни компании.nnn

ИЛИОНИ ЕВРА ГОДИШНО ЗА ОБУКА И РАЗВОЈ НА ВРАБОТЕНИТЕ


РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ: 20 ДЕКЕМВРИ 2016

ЕДНОДНЕВЕН ТРЕНИНГ ЗА:

ЕКСЕЛ ЗА МАРКЕТИНГ, ПРОДАЖБА И HR l 22 декември 2016 година (четврток) l 10:00-15:00 часот Институт Концепт, Скопје

БЕНЕФИЦИИ ЗА ВАС И ВАШАТА ОРГАНИЗАЦИЈА:

КЛУЧНИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ТРЕНИНГОТ:

l На компаниите им требаат извештаи од кои јасно се

l работа на практични примери (финансии, продажба,

гледаат резултатите од работењето. Како истите да се создадат брзо и ефективно? Како истите да бидат прегледни и разбирливи? Како да станете експерт за подготовка на извештаи?

l Тоа е можно со користење на напреден Excel. Сепак,

само 1% од вработените во една компанија имале било каков вид на обука за работа во Excel.

трошоци)

l фокусиран, интензивен тренинг во еден ден l напредни техники во Excel

l Овој тренинг објаснува напредни техники за анализа

ПРЕДАВАЧ:

l Примерите кои се користат се исклучиво од пракса.

редовен професор на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, реномиран регионален стручњак од областа на финансискиот менаџмент и предавач со долгогодишно искуство во земјата и странство.

на продажбата во Excel, со практични примери од бизнисот. Според мислењето на учесниците, по тренингот нивната работа се забрзала и до 10 пати!

ПРОФ. Д-Р ЗОРАН ИВАНОВСКИ

За повеќе информации посетете ја нашата веб страна: www.koncept.com.mk

КОНТАКТ: м-р Ленче Зикова и м-р Ирена Богоевска l e-mail: institut@koncept.com.mk l 02 3128 526 l 070 272 207







www.kapital.mk

Капитал број 894 16.12.2016

46

БИЗНИС ТРЕНДОВИ

ТЕХНОЛОШКИ МИЛИЈАРДЕРИ ФОРМИРААТ ФОНД ЗА ЧИСТА ЕНЕРГИЈА ОД 1 МИЛИЈАРДА ЕВРА

БИЛ ГЕЈТС: ПОТРЕБЕН Е ЦЕЛОСНО НОВ ИЗВОР НА ЕНЕРГИЈА НИЕ СМЕ ВРСКАТА СО СИТЕ ДЕЛОВНИ ПОДАТОЦИ КОИ ВИ СЕ ПОТРЕБНИ

Новиот фонд Breakthrough Energy Ventures, кој го создадоа повеќе светски милијардери, меѓу кои Бил Гејтс, Џеф Безос, Џек Ма и други, ќе инвестира во проекти кои ќе имаат за цел да ги ограничат штетните емисии во воздухот.

П #1

ЗА БИЗНИС ИНФОРМАЦИИ

ЗА ПАМЕТНИ ДЕЛОВНИ ОДЛУКИ!

02 / 3117 100 info@targetgroup.mk www.targetgroup.mk

овеќе водечки претприемачи создадоа фонд со вредност од 1 милијарда долари за инвестиции во технологии, кои има за цел да го промени курсот на климатските промени. Меѓу основачите се неколку главни директори на технолошки компании меѓу кои Џеф Безос на Амазон, Џек Ма од Али Баба, основачот на групацијата Virgin, Ричард Бренсон и основачот на Microsoft, Бил Гејтс. Фондот е дел од организацијата Breakthrough Energy Coalition, формирана кон крајот на минатата година, чија цел е да насочи поголеми суми на пари кон големите инвеститори во технологии, чија што цел e да се насочат пари кон големи инвеститори во технологии чија цел е ограничување на емисиите на јаглерод диоксид. Фондот Breakthroigh Energy Ventures (BEV) ќе инвестира пари во долгорочни

енергетски проекти. Овој фонд покрај во иновативни технологии во производство на енергија, ќе инвестира и во иновации во транспорт, земјоделие,производство и градежништво.

Широко портфолио

Фондот ќе има строги критериуми за своите инвестиции. На прво место проектите кандидати за финансирање треба да имаат потенцијал да ги ограничат емисиите на јаглерод диоксид со половина милијарди тони годишно. Годишно, во атмосферата се испуштаат околу 38,2 милијарди дони според Nature Climate Change. Користената технологија исто така треба да е базирана на утврдена научна концепција. Цел на фондот е одобрените проекти во првата етапа да можат да привлечат дополнителни инвестиции од други учесници на пазарот. На тој начин парите на фондот BEV ќе можат да ги донесат



www.kapital.mk

Капитал број 894 16.12.2016

48

БИЗНИС ТРЕНДОВИ

Покрај во иновативни технологии за производство на енергија, Фондот ќе инвестира и во иновации во транспорт, земјоделие, производство и градежништво.

проектите до фаза во која што далеку поголеми фондови би инвестирале во нив. Се уште не е јасно каков ќе биде точно механизмот за финансирање на фондот во проектите. На американскиот пазар, каде што се случуваат повеќето иновации во секторот, практика е да се купуваат млади компании веќе постојни млади компании, овозможувајќи така пристап до нивните технологии. Ако BEV финансира проекти преку учество со удели, ќе може да реализира и печалба, продавајќи ги подоцна уделите во успешните проекти. Крајната цел на фондот од финансиска гледна точка е компаниите да пораснат до фаза во која ќе може да привлекуваат финансирање преку емисија на акции и да учествуваат на берзите. Засега нема детална информација кога ќе започне со работа BEV. До крајот на неделата ќе се спроведе телефонски разговор меѓу основачите, на кој ќе се дискутираат оперативните детали, а исто така претстои формирање на менаџерска екипа која ќе раководи со овој фонд. Првичните планови се овој фонд да започне со работа во текот на следната 2017 година, а да постои 20 години. Во плановите на Фондот исто така стои дека тој треба да биде врска меѓу стартап компаниите со научните институции, корпоративните партнери и со органите на државата.

Нулта емисиии

BEV на почетокот ќе инвестира пари во долгорочно и истовремено ризично енергетски проекти. Таквите проекти вообичаено се финансираат преку удели, бидејќи во основа тие не генерираат печалби за инвеститорите, посебно не во првичната фаза. Високиот ризик и реализирањето на загуби не обезбедува финансии за плаќање на камати и не е атрактивно за финансирање од страна на банките. “Чест за мене е да работам со овие личности на инвестициите во развојот на оваа дејност. Нашата цел е да изградиме компании, кои ше помогнат за изградувањето на следната генерација на достапна и слободна од емисии енергија”, изјави Бил Гејст во соопштението до јавноста. Според него, современиот развој во сферата на соларните панели, електричните автомобили и нуклеарната енергија нема да може да го сопре глобаното затоплување на краткорочен период. Тој смета дека е потребно целосно нов извор на енергиа, кој ќе доведе до економија со нулта емисии. Според информациите на магазинот Fortune, учеството на основачите во Фондот е околу 140 милијарди долари, а според аналитичарите овој проект може да го направи најголемото обединување на милијардерите околу еден проект. nnn



Капитал број 894 16.12.2016

50

www.kapital.mk

ЛИДЕРИ

ПИТЕР ТИЕЛ

КО-ОСНОВАЧ НА PAY PAL И PALANTIR

ПОВЕЌЕ НЕ ВЕРУВАМ ДЕКА СЛОБОДАТА И ДЕМОКРАТИЈАТА СЕ КОМПАТИВИЛНИ

П

Питер Тиел е познат претприемач и иноватор во светската јавност. Тој е ко-основач на Pay Pal и софтверската компанија Palantir. Иако важи за срамежлива и повлечена личност, неговите мислења за стартапите, за политиката, па дури и за роботите и вештачката интелигенција многу се почитуваат и внимателно се слушаат. Тој е јавно деклариран либертаријанец. Еве некои од неговите уведуања и погледи за времето во кое живееме и кое следува:

Највредните бизниси во следните декади ќе бидат изградени од претприемачи кои бараат начин како да ги мотивираат луѓето и да ги направат помоќни.

Во демократско општество, грешни практики можат да опстојуваат само ако мнозинството луѓе не го перципираат тоа како погрешно.

Конкуренцијата може да ги направи луѓето посилни, без разлика во што се натпреваруваат.

Сите пропаднати компании се слични една на друга. Сите не успеале да ја преживеат конкуренцијата.

Сметам дека една од најпогрешните работи кои може човек да ги направи во нашето општество е да размислува само за себеси.

Повеќе не верувам дека слободата и демократијата се компатибилни.

Во свет со ограничени ресурси, глобализацијата без нови технологии е неодржлива.

Повеќето технолошки компании ќе добијат вистинска вредност по 10 до 15 години во иднина.




Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.