896 897 kapital magazin

Page 1

COVER STORY

ДЕЛОВНА 2017

БАНКИ И ФИНАНСИИ КАКВА ГОДИНА ОЧЕКУВААТ БАНКАРИТЕ?

ИНТЕРВЈУ КОСТАС ТЕОДОСИЈАДИС

генерален диркетор на Тинекс

Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

2017

ЧОВЕК НА ГОДИНАТА

INTERVIEW

ДОНАЛД ТРАМП

БРОЈ 896 / 897 | ЦЕНА 100 ДЕН. 30 ДЕКЕМВРИ 2016 | ПЕТОК | ГОДИНА 18

БИЛАЛ КАСАМИ

претседател на Движењето Беса

НИЕ СМЕ ВЕТЕНИОТ ЗБОР ЗА ДОСТОИНСТВЕН ЖИВОТ ТРЕНД: КАКО МИЛИЈАРДЕРИТЕ ГО ОСВОЈУВААТ КОСМОСОТ?



3

Капитал број 896 / 897 30.12.2016

СОДРЖИНА

20 04

PROFILE

08

COVER STORY

16

INTERVIEW

20

БАНКИ И ФИНАНСИИ

26

INTERVIEW

ДОНАЛД ТРАМП: ЛИЧНОСТ НА ГОДИНАТА Деловна 2017 Тешки времиња за бизнисот

28

ПОЛИТИКА

32

INTERVIEW

генерален директор на Тинекс

ЗОРИЦА ЧЕРЕПНАЛКОСКА директор на сектор за информатичка технологија во Комерцијална Банка АД Скопје

Со мБанка само по кеш во банка

ТЕШКА ГОДИНА ЗА МАКЕДОНСКИОТ БИЗНИС

Влегуваме во година со големи политички неизвесности 2017 може да биде уште една загубена година за Македонија БИЛАЛ КАСАМИ

претседател на Движењето БЕСА:

Ние сме ветениот збор за еден достоинствен живот

КОСТАС ТЕОДОСИЈАДИС Каква 2017 година очекуваат банкарите?!

58

44

36 38

INTERVIEW

ЏОРЏ ВУКОТИЧ

американски експерт за развој на стартап акцелератори и инкубатори

СВЕТОТ ВО 2017

Масовни анти-Трамп немири во САД / Европа под власт на популисти / Брегзит се претвора во Бримеин...

44

СВЕТ

54

INTERVIEW

Може ли злото оставено во негово наследство воопшто да биде победено? Хитлер тогаш и многуте Хитлери денес Д-р РАДМИЛА ДИМОВСКА, PHd

специјалист по ортодонција

56

INTERVIEW

58

БИЗНИС ТРЕНДОВИ

62

ЛИДЕРИ

МЕТОДИЈА САЗДОВ

претседател на организацијата “Прв до врв“

Милијардерите во трка да го освојат Космосот КЕВИН ПЛЕНК

основач и директор на Under Armour

СВЕТОТ ВО 2017

ПОВАМПИРУВАЊЕ НА ЗЛОТО

Оптимизмот не е нешто кое што би го очекувале на крајот на 2016 година за новата 2017 година. Од причина што минатата 2016 година беше мачна и тешка година за повеќето фирми во Македонија. Најголем дел од домашните бизнисмени очекуваат тешка година, полна со предизвици и неизвесности, уште поголемо затегнување на деловните односи на домашниот пазар заради политичката криза, која очигледно остана нерешена и после изборите и која веќе сериозно ја нарушува довербата кај странските партнери, што на извозните компании уште повеќе им ги отежнува условите за продажба на странските пазари.

Популистите и националистите ја преземаат Европа со сите очекувани последици; сериозни немири во САД предизвикани од широко и масовно анти -Трамп движење; лидерите на ЕУ под притисок на подемот на глобалниот популизам Брегзитот го претвораат само во маска за одлуката на Британците која всушност не се спроведува ... Ова се некои од песимистичките очекувања за 2017 година, чија веројатност да се случат ја зголемува тоа што предвидувањата на Bloomberg од крајот на 2015, а за годинава во изминување - дека Трамп ќе стане претседател на САД и оти Британците ќе гласаат за напуштање на ЕУ, тогаш со општ консензус беа отфрлени како речиси неверојатни.

Во специјална едиција на 90 страници Њузвик неодамна објави ексклузивни детали од животот на Адолф Хитлер, чијашто политичка кариера стана синоним за злобата вкоренета во човековата природа. Седумдесетина година подоцна – злото се повампирува. Сè почесто сведочиме дека не само што тој е „жив“, туку жива му е и мисијата. Инспирирани токму од едицијата на колегите во Њузвик, решивме да направиме една анализа – преку нови и подзаборавени детали од животот на Хитлер и политиките што тој ги пласирал, до заклучоци за актуелните политички состојби на оживување на фашизмот во Македонија, на Балканот, во Европа и за жал во целиот свет.

XX Стр. 8

XX Стр.38

XX Стр. 44

Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје l Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31 l П. ФАХ 503, 1000 Скопје l Директор и одговорен уредник: Љупчо Зиков l Печати: Графички центар Скопје, ул. Скупи бб, 1000 Скопје l Тираж: 3.000 примероци l Датум на печатење: 29.12.2016


Капитал број 896 / 897 30.12.2016

PROFILE 4 PROFILE

www.kapital.mk


www.kapital.mk

Капитал број 896 / 897 30.12.2016

5 ЈА ОДБЕЛЕЖА 2016-ТА, А БИ МОЖЕЛ И СЛЕДНАТА

ДОНАЛД ТРАМП

ЛИЧНОСТ НА ГОДИНАТА Човекот што ќе биде нов претседател на САД се наметна како ултимативен избор за личност на 2016 година, откако часови пред затворањето на избирачките места на 8 ноември, се чинеше дека само во неговиот штаб веруваат во победа, што, пак, јасно покажа колку светските креатори на јавното мислење стравувале од ризикот контроверзниот милијардер да го наруши комфорот во спроведувањето на политиките на најмоќната светска држава, со сето глобално влијание што истите го имаат

Н

Не беше тешко да се избере личноста што ја одбележа 2016 година. Новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, се наметна како ултимативен избор, откако часови пред затворањето на избирачките места се чинеше дека само во неговиот штаб веруваат во победа, што, пак, јасно покажа колку светските креатори на јавното мислење стравувале од ризикот контроверзниот милијардер да го наруши комфорот во спроведувањето на политиките на најмоќната светска држава, со сето глобално влијание што истите го имаат. Ден пред изборите, последната анкета на Reuters/Ipsos, и даваше 90% шанси за победа на кандидатката на Демократската партија, Хилари Клинтон. И таа да станеше претседател на САД, најверојатно ќе беше прогласувана за личност на годината, но, јасно, со многу помала уверливост. Кога неодамна магазинот Тајм го избра Трамп за личност на 2016 година, во редакцискиот коментар беше фатен токму споменатиот момент: „Тешко е да се измери потресот што тој го предизвика. Овој барон на бизнисот со недвижнини и сопственик на казина, претворен во ТВ - ѕвезда на реални шоуа и провокатор, не поминал ниту ден на јавна функција добиена на избори; никогаш не му служел никому освен себе си. Сега тој ги созерцува расчадените

урнатини на огромното политичко здание што некогаш вдомуваше политички партии, експерти, донатори, анкетари ..., сите оние кои не видоа дека тој доаѓа или не го сфаќаа сериозно. Покрај сето ова, Трамп е подготвен да претседава, за подобро или за полошо“. Тајм уште додава дека според сè што може да се види од јавниот живот на Трамп, влијателните луѓе кои го формираат вкусот на Американците, заедно со интелектуалците, го отфрлиле милијардерот како простак и карневалски лик, шоумен со голем блесок и мала супстанца. „Но, она што критичарите никогаш не го разбраа, беше дека нивниот презир нему му ја даде потребната сила“, пишува познатиот американски неделник. Како и да е, дали неговото претседателствување со САД ќе биде за подобро или за полошо, и сега не е многу појасно отколку што беше на 9 ноември. Но, она што се знае е дека победата на Доналд Трамп докажа оти точката на вриење во денешниот свет наближува, и ќе се достигне со евентуалниот Трампдомино ефект во Европа, која уште (ќе) се опоравува од Брегзитот. Прашањата се колку има релевантност во опасните сценарија што многу ликови и центри кои го формираат јавното мислење ги предвидуваа во случај на победа на милијардерот, кој, вистина, не се штедеше во давањето материјал за целта. Се стравува од напуштање на досега секогаш потврдуваната идеја што стои во суштината на НАТО врските меѓу државите - членки, дека „силна, безбедна и просперитетна Европа значи силна, безбедна и просперитетна Америка“, како што рече генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, денови по изборите во САД, имајќи ги предвид изјавите на сега избраниот претседател дека ќе ја преиспита улогата на САД

Трамп фотографиран во 1980 година, со погледот насочен кон тоа што подоцна ќе биде врвот на облакодерот што го носи неговото име на Петта авенија во Њујорк.


www.kapital.mk

Капитал број 896 / 897 30.12.2016

6

PROFILE

Критичарите што го нарекуваа простак и карневалски лик, шоумен со голем блесок и мала супстанца, никогаш не разбраа дека нивниот презир нему му ја даваше потребната сила.

во НАТО, во услови, кога, смета Трамп, американските сојузници не плаќаат соодветно за својата одбрана. Во контекстот, се стравува и од промена на односите Вашингтон - Москва, во корист на Кремљ, што би значела источна Европа или Блискиот исток да бидат оставени на милост и немилост на Русија, и покрај уверувањата на одредени експерти дека Трамп, на крајот, може да се покаже дури и поостар во однос на Владимир Путин од неговите претходници во Белата куќа.

Милијардерот избра милијардери за советници

Трамп привлече внимание и при составувањето на претседателскиот тим, покрај останатите, можеби и поважни аспекти, и со создавањето цел клуб на милијардери околу него. Американски Политико, земајќи предвид колку поединечно „тежат“ овие соработници во кабинетот и во администрацијата, забележа дека Трамп, кој во кампањата се претставуваше како заштитник на „заборавените луѓе“ и ја

освои Белата куќа со силна поддршка од белечката работничка класа, сега составува тим/администрација, од „господари на Универзумот“. Но, овде нема противречност белците, американски „пролетери“, избраа милијардер за претседател милијардерот сега избира милијардери и милионери за свои соработници. Логиката е дека ако знаеле толку добро да заработат, сигурно ќе имаат и што да им понудат на Американците, во делот на политиките што ќе ги испорача тимот на Трамп. Новиот американски претседател за да биде повеќекратно прогласен за личност на 2016 година, настрана од глобалните околности што го донесоа на власт, секако, силно одработи и маркетиншки. Како претседателски кандидат на многумина воопшто не им беше по вкус; соодветно, не е мала бројката на оние кои немаат добри очекувања од него и како избран претседател, но фактот дека тој имаше „хемија“ во стратегијата што не ја фатија анкетите и аналитичарите,

покажува дека од неговата кампања и тоа како може да се извлечат маркетиншки лекции. Брендот Трамп е изграден на низа начела што им се привлечни на масите - милијардерот го препозна својот целен пазар, знаеше кои му се потребите, и праќаше ефикасни пораки во овој сегмент, кои, можеби ќе се покаже дека така било само во кампањата, за потребите беа и вулгарни, сексистички, расистички ... Не водејќи сметка за востановените правила на однесување на политичарите од развиените демократии, Трамп, и кога даваше контроверзни, без разлика вистинити или лажни, усилени изјави, тие беа со раширени раце примани од неговата целна група, која, за кандидатот што ги разбива политичките норми и правила смета дека не се претвора, оти нема што да крие, и автоматски го смета за искрен. Ова се покажа како добитна комбинација со неговата способност да игра на емоциите на гласачите, односно да

ЛЕКЦИИ: ТРАМП ИМАШЕ “ХЕМИЈА“ ВО КАМПАЊАТА ШТО МНОГ


www.kapital.mk

Капитал број 896 / 897 30.12.2016

7 им испраќа емоционално силно наелектризирани пораки, по кои групата кон која тој целеше не бараше вистина во сферите на рационалното.

“Мора да ме сакате, барем малку“

Но, настрана од кампањата, Трамп, кој пред изборите на различни адреси испрати „отровни стрели“, откако е избран покажува неочекувана широчина и визија. Соодветен пример даде кога ги собра првите луѓе на најмоќните технолошки компании од Силиконската долина, од кои не мал број му беа жестоки критичари во кампањата, односно, поддржувачи на Клинтон. Трамп групата технолошки магнати, меѓу кои Тим Кук (Ејпл), Лери Пејџ (Алфабет/Гугл), Џеф Безос (Амазон), Илон Маск (Тесла), ... ја нарече „исклучителна“, и во негов стил и порача дека може да смета на него. „Во овој миг сите вие кои седите овде морате да ме сакате, барем малку. Сакам да ви честитам, и да ви кажам дека можете да сметате на мене, во настојувањата да го зголемиме успехот на вашите компании. Не постои никој како што сте вие. Вие сте посебни луѓе“, им порача Трамп на „силиконците“. Инаку, претседателот што ќе биде инаугуриран на 20 јануари, не престана и по изборите да си ја зголемува популарноста со популистички потези што привлекуваат внимание, а се безначајни, во смисла на нивното реално значење за Американците. Таков случај беше спуштањето на цената на претседателскиот авион од Боинг, за што медиумите пренесоа информација дека Трамп заштедил буџетски пари, односно, извршниот директор на Боинг, Денис Муленбург, му ветил дека цената на Air Force One 747 ќе биде помала од четири милијарди долари. Трамп претходно „твитна“: „Откажете ја порачката“, откако оцени дека цената за новиот претседателски авион, ако е повисока од четири милијарди, тогаш е превисока. Што се однесува до влијанието врз Македонија на личноста на 2016 година, со нејзиниот очекуван глобален ефект, државата секако нема да се најде директно на агендата на САД и со Трамп како претседател. За некакво влијание на новата американска администрација врз државава може да се зборува само низ призмата на геополитичките фактори што го засегаат регионот. Тука главно се мисли на поставеноста на Трамп и на неговиот тим во споменатите релации со Европската унија и со Русија. Трамп не бил во кругот на луѓето што ја обликуваат политиката во САД, и како ќе влијае неговото претседателствување врз американската надворешна политика, вклучително и кон Балканот, е прашање на кое не може да се одговори со поголема извесност. nnn

ГУМИНА НЕ ЈА ВИДОА

ДОНАЛД ТРАМП... “THE BEST OF“ Ако не друго, тогаш барем сочност и контроверзност во јавните настапи на Трамп има на претек. Избравме за вас колекција од најголемите “бисери“ на новиот американски претседател ТРАМП ЗА ТРАМП Не се сметам за нешто амбициозен. 60 Minutes, 1985 Дел од мојата убавина е тоа што сум многу богат. Good Morning America, 2011 Обично, кога отпуштам луѓе им велам колку се супер. Оти не сакам да им ги повредам чувствата. Larry King Live, 2005 Имам одлични релации со црнците. Talk1300 Radio

ТРАМП ЗА ПОЛИТИКАТА Па некој го прави силувањето, зарем не? Кој силува? Кој силува, а? одговор на забелешката за неговиот коментар во врска со Латино имигрантите и силувањата, CNN Tonight, 2015 Ќе бидам најдобриот претседател што Господ некогаш го создал. изјава во кампањата, 2015 Ромни, пффф... Имам Гучи продавница што вреди повеќе од тој Ромни. Des Moines Register, 2015 Не смееме и понатаму да и дозволуваме на Кина да ни ја силува државата. изјава во кампањата.“, 2016 Проблемот на глобалното затоплување е измислен од Кинезите, за да се направи американската индустрија неконкурентна. Twitter, 2012

ТРАМП ЗА ПОБЕДИТЕ, ПОРАЗИТЕ И ЛИДЕРСТВОТО Заработив многу пари и ги заработив многу лесно, дури и здодевно од што беше лесно. Vanity Fair, 1990 Постојат луѓе, јас ги нарекувам губитници во животот, кои што себеси се хранат со тоа што се обидуваат да ги спречат другите да направат нешто, како на пример, мене. Playboy, 1990 Секој успешен човек има големо его. Мајка Тереза, Исус? Многу поголеми ега одошто си мислите. Playboy, 1990 Лидерството е многу чуден поим, затоа што, знаете, некои го имаат, некои го немаат, и никој не знае зошто. Larry King Live, 1999

ТРАМП ЗА СЕМЕЈСТВОТО Сакам да имам пет деца, исто како и моите родители... Од пет барем едно ќе се метне на мене, сигурно. Vanity Fair, 1990 Има многу жени што ги тераат своите сопрузи да се однесуваат како сопруги и има многу сопрузи што тоа го прифаќаат. Opie and Anthony, 2006 Ако имаш пари, да имаш деца е супер. Larry King Live, 2005


Капитал број 896 / 897 30.12.2016

www.kapital.mk

8 COVER STORY

ДЕЛОВНА

2017

ТЕШКИ ВРЕМИЊА ЗА БИЗНИСОТ Оптимизмот не е нешто кое што би го очекувале на крајот на 2016 година за новата 2017 година. Од причина што минатата 2016 година беше мачна и тешка година за повеќето фирми во Македонија. Најголем дел од бизнисмените очекуваат тешка година, полна со предизвици и неизвесности, уште поголемо затегнување на деловните односи на домашниот пазар заради политичката криза, која очигледно остана нерешена и после изборите и која веќе сериозно ја нарушува довербата кај странските партнери, што на извозните компании уште повеќе им ги отежнува условите за продажба на странските пазари, кои истовремено се под притисок на неизвесните глобални процеси, како Брегзит, односите САД-Русија-ЕУ, економската политика на новиот американски претседател на Трамп која може да имаат големо влијание врз светската криза, воените конфликти на Бсликиот Исток кој имаат потенцијал да бидат причина за Трета светска војна, бегалската криза и заканите од терористички напади...


www.kapital.mk

Капитал број 896 / 897 30.12.2016

9 пишува:

O

Биљана Здравковска Стојчевска biljana.zdravkovska@kapital.mk

Оптимизмот не е нешто кое што би го очекувале на крајот на 2016 година за новата 2017 година. Минатата 2016 година беше мрачна и депресивна на многу начини. Политичката криза во која е заглавена државата повеќе од две години

веќе почна силно да се одразува врз економијата преку намален економски раст, како и преку помалку странски и домашни инвестиции, а геополитичките случувања дополнително ја зголемија неизвесноста за водење на бизнис. Пролонгирањето на изборите од април, потоа за јуни, па за декември, предизвикаа реревзираност кај инвеститорите, кои ги одложија планираните инвестиции за некои посигурни времиња. И додека сите очекуваа дека изборите ќе стават карј на кризата, изедначените резултати од


www.kapital.mk

Капитал број 896 / 897 30.12.2016

10

COVER STORY

Н

САШО НАУМОСКИ

генерален извршен директор на Витаминка АД

естабилната и променлива политичка ситуација и неизвесност, неминовно се одразуваат врз економијата и деловното работење на стопанските субјекти. Друг факт е дека истата ситуација не следи веќе две години, што создава дополнителни тешкотии, но верувам дека следи време на стабилизирање и насочување кон продуктивност. Витаминка има изградено и веќе долго време спроведува стратегија на континуиран развој и раст, како на домашен, така и на странските пазари. Тоа значи дека поседуваме потенцијали за понатамошно развивање. Годината што изминува го одбележавме 60 годинишиот јубилеј што ни ги поставува стандардите за следната и воедно е нашиот најголем предизвик.

гласањето покажаа дека Македонија ќе мора да почека уште некое време за стабилна состојба за водење бизнис. Во мај 2017 година се планирани редовните локални избори, а некои аналитичари веќе прогнозираат дека Македонија би можела годинава да има и уште едни парламентарни избори заради тоа што кој и да ја состаи владата, нема да има стабилно мнозинство во парламентот, што може да ја доведе земјата во уште една институционална блокада и неможност за редовно носење на потребните закони. Оттука и не е чудно што потенцијалите за раст македонските менаџери го врзуваат со стабилизирање на политичката криза пред се на домашен терен, а потоа и на глобален план. Традиционално на крајот на секоја година ги поканивме бизнисмените, економистите и аналитичарите да споделат со јавноста какви трендови очекуваат во следната 2017 година, кои се најголемите предизвици за економијата и за компаниите кои ги раководат и каде ги гледаат потенцијалите за поголем раст. Оваа година за разлика од претходните години, повеќето се песимисти и очекуваат тешки и многу неизвесни времиња за водење бизнис. Најголем дел од бизнисмените очекуваат тешка година, полна со предизвици и неизвесности, уште поголемо затегнување на деловните односи на домашниот пазар заради политичката криза, која очигледно остана нерешена и после изборите и која веќе сериозно ја нарушува довербата кај странските партнери, што на извозните компании уште повеќе им ги отежнува условите за продажба на странските пазари, кои истовремено се под притисок на неизвесните глобални процеси, како Брегзит, односите САДРусија-ЕУ, економската политика на новиот американски претседател на Трамп која може да имаат големо влијание

Д

ВАНЧО ЧИФЛИГАНЕЦ генерален директор на Адора Инженеринг

околку продолжи неизвесноста во Република Македонија, не можеме да бидеме оптимисти дека нешто ќе се промени на економски план во позитивна насока. Прашање е ако се задржи овој амбиент во државата, дали економијата ќе може да се одржи на сегашното ниво или таа ќе опаѓа во периодот што следи? Адора инженеринг во своето работење ја чувствува неизвесноста што трае подолго време во Македонија и со максимална ангажираност и натчовечки напори на целиот тим вработени се труди компанијата да опстојува и натаму.

Ова се времиња кои не би ги посакал ниту еден политичар, ниту пак менаџер. Но, неизвесноста и кризите отвараат пат за вистинските лидери, односно за оние кои знаат и умеат да се менуваат и кои се подготвени да го менуваат начинот на раководење и работење според реалните услови за водење бизнис. врз светската криза, воените конфликти на Бсликиот Исток кој имаат потенцијал да бидат причина за Трета светска војна, бегалската криза и заканите од терористички напади... Се на се, ова се времиња кои не би ги посакал ниту еден политичар, ниту пак менаџер. Но, неизвесноста и кризите отвараат пат за вистинските лидери, односно за оние кои знаат и умеат да се менуваат, односно за оние кои се подготвени да го менуваат начинот на раководење и работење според реалните услови за водење бизнис.

Економијата во 2017. Што очекуваат бизнисмените?

Владината проценка за економскиот раст за следната година е 3%, и врз основа на оваа стапка на раст е проектиран и буџетот за 2017 година. Министерот за финансии Кирил Миноски е оптимист дека посакуваните бројки и реално ќе се достигнат. Кога лани го кроеше буџетот за 2016 година, Владата предвиде раст од 4%, но по двата ребаланси кои беа изнудени од намалената економска активност, драстично се скратија проекциите на раст 2,3%. Главни носители на растот беа градежништвото, поточно јавните инвестиции во патишта, финансирани преку задолжување на државата, и странските инвестиции во зоните кои беа главните столбоби на извозот

и отварањето на нови работни места. Но, овој модел на економски раст базиран на странски раст и задолжување се чини почна да ги покажува своите негативни ефекти. Македонија веќе ја достигна критичната црвена линија на презадолженост, а пензиските и здравствени фондови се соочија со критични “дупки”, односно неможност за редовна исплата на пензии без поголеми дотации од државниот буџет. Оваа состојба допрва ќе ескалира во следните години и веќе станува јасно дека ќе бидат потребни сериозни мерки за фискална консолидација. Економските експерти сметаат дека политичката криза и поврзаните негативни рефлексии врз економијата ќе продолжат и во 2017 година, a политичката и правната несигурност ќе бидат главните ризици за македонската економија и во наредната година, заради што Македонија ќе остварува понизок раст од можниот. “Интензитетот на кризата би можел да се засили особено пред претстојните локални избори. Буџетот и следната година нема да се реализира според планот. Ова се однесува како на планираниот буџетски дефицит и капитални расходи, така и на планираните буџетски приходи”, смета Павле Гацов, претседател на Здружение на даночни советници. За секој бизнисимен почетокот на новата деловна година вообичаено е пропратено со нови неизвесности и нови предизвици.

2017: НАЈГОЛЕМ ДЕЛ ОД БИЗНИСМЕНИТЕ ОЧЕКУВААТ ТЕШ


www.kapital.mk

Капитал број 896 / 897 30.12.2016

11

П

ЗЛАТКО СИМОНОВСКИ генерален директор на Факом

отребно е надминување на домашната политичка криза, формирање на влада која ќе се зафати со сериозни структурни реформи со кој ќе им се даде сериозна помош на бизнисот, ќе ги изедначи условите за стопанисување на сите пазарни субјекти, без разлика дали се домашни, странски, државни, јавни или приватни. Исто така потребен е нов економски модел кој ќе генерира подинамичен раст на БДП, стимулирање на извозно ориентираниот приватен сектор, а посебно металната индустрија, и обезбедување на услови за зголемување на конкурентната способност.

Но, локалниот и меѓународниот контекст во кој ја завршувем годината, ја прават 2017 година многу посложена и потешка за планирање и водење на бизнис. “Според сите најави, се очекува и 2017-та да биде тешка деловна година како во локални рамки, но исто така и во регионални и во глобални рамки. Домашниот амбиент во кој доминира сложената политичка ситуација секако дека носи дополнителна напнатост и во деловните операции, како и една континуирана неизвесност која со сигурност ќе продолжи и во наредната година”, велат од Алкалоид. Од Алкалоид потенцираат дека достапноста на странските пазари е се поограничена и дека се повеќе се отежнуваат условите за работа. “Компаниите мора постојано да се прилагодуваат на реалните услови за работа и токму од степенот на

П

ПАВЛЕ ГАЦОВ

претседател на Здружение на даночни советници

прилагодување и подготвеноста за промени во голема мерка ќе зависи и нивната успешност”, велат од Алкалоид. И Сашо Наумоски, генералниот извршен директор на Витаминка потврдува дека нестабилната и променлива политичка ситуација и неизвесност се одразуваат врз економијата и деловното работење на стопанските субјекти, но верува дека следи време на стабилизирање и насочување кон продуктивност. “Истата ситуација не следи веќе две години, што создава дополнителни тешкотии. Нашите очекувања секогаш се поврзани со нашите потреби, конкретна и фактичка заштита на македонските производи и отворен и несметан пробив на странските пазари, првото е поврзано со состојбите на домашниот пазар, а второто е директно зависно од перцепцијата на странските

оради миксот од негативни политички и консеквентно на тоа лоши макроекономски влијаниja и 2017 година ќе биде тешка за македонските компании. Политичките влијанија ќе ги заобиколат странските и особено ТИРЗ компаниите кои функционираат според посебни правила на игра. За останатите, и понатаму ќе останат проблемите со неликвидноста, дезинвестирањето, одливот на квалитетна работна сила надвор од земјата, односно во ТИРЗ компаниите, високите парафискални давачки по разни основи, итн...”.

пазари и компании врз земјата во целост и на нас како компании што доаѓаме од оваа земја”, вели Наумоски. Ванчо Чифлиганец, генералниот директор на градежната компанија Адора смета дека ако продолжи неизвесноста во Република Македонија, не можеме да бидеме оптимисти дека нешто ќе се промени на економски план во позитивна насока. “Прашање е ако се задржи овој амбиент во државата, дали економијата ќе може да се одржи на сегашното ниво или таа ќе опаѓа во периодот што следи? Адора инженеринг во своето работење ја чувствува неизвесноста што трае подолго време во Македонија и со максимална ангажираност и натчовечки напори на целиот тим вработени се труди компанијата да опстојува и натаму”, вели Чифлиганец. Според Златко Симоновски, директор на

ШКА ГОДИНА, ПОЛНА СО ПРЕДИЗВИЦИ И НЕИЗВЕСНОСТИ


www.kapital.mk

Капитал број 896 / 897 30.12.2016

12

COVER STORY Домашниот амбиент во кој доминира сложената политичка ситуација секако дека носи дополнителна напнатост и во деловните операции како и една континуирана неизвесност која со сигурност ќе продолжи и во наредната година. Од друга страна, достапноста на странските пазари е се поограничена и воопшто гледано се повеќе се отежнуваат условите за работа. Оттаму, компаниите мора постојано да се прилагодуваат на реалните услови за работа и токму од степенот на прилагодување и подготвеноста за промени во голема мерка зависи и нивната успешност, велат од Алкалоид.

Факом, неповолната економска состојба во државата го достигнува својот врв. “Стапката на надворешна и внатрешна задолженост прогресивно расте и перманентно го надминува остварениот прираст на GDP што е, сигурно, алармантен показател за внатрешната економска (не) стабилност на државата. Како последица на актуелните притисоци и загриженоста од страна на Европската Унија и меѓународните финансиски институции, може да се очекува драстично смалување на инвестициите во јавниот сектор”, вели Симоновски. Според него, потребно е надминување на домашната политичка криза и формирање на влада која ќе се зафати со сериозни структурни реформи со кој ќе им се даде сериозна помош на бизнисот, ќе ги изедначи условите за стопанисување на сите пазарни субјекти, без разлика дали се домашни, странски, државни, јавни или приватни. “Исто така потребен е нов економски модел кој ќе генерира подинамичен раст на БДП, стимулирање на извозно ориентираниот приватен сектор, а посебно металната индустрија, и обезбедување на

услови за зголемување на конкурентната способност”, вели Симоновски.

Кои се најголемите ризици за македонските компании?

Најголемите ризици за работењето македонските бизнисмени ги гледаат во пролонгирањето на домашната политичка криза и за сложените услови за извоз заради неизвесните геополитички процеси. Според Павле Гацов, поради миксот од негативни политички и консеквентно на тоа лоши макроекономски влијание и 2017 година ќе биде тешка за македонските компании. “Политичките влијанија ќе ги заобиколат странските и особено ТИРЗ компаниите кои функционираат според посебни правила на игра. Нивниот раст главно ќе зависи од актуелниот тренд на движење на европската економија. За останатите, и понатаму ќе останат проблемите со неликвидноста, дезинвестирањето, одливот на квалитетна работна сила надвор од земјата односно во ТИРЗ компаниите, високите парафискални давачки по разни основи, итн..”, вели Гацов .

И големите и малите фирми го делат истиот став дека политичарите мора да најдат начин да ја прекинат оваа неизвесност, од која најголем губитник е бизнисот, и да ги стават економијата и реформите во фокусот на своето работење. Од Алкалоид, како компанија која е присутна на повеќе од 30 пазари во светот, најголемите опасности ги гледаат токму во глобалните процеси кои имаат своја рефлексија и на регионално и локално ниво. “Сепак се надеваме дека ќе дојдат времиња со помали турбуленции кои ќе допринесат за постабилни економски текови, а воедно ќе ги зголемат и можностите за економски раст. Потенцијалите за раст на кои ние континуирано работиме се секако успешниот развој и промоција на нови производи од сите бизнис сегменти на нашата компанија, како и пенетрација на нови пазари и пазарни сегменти”, велат од Алкалоид. Како пазари со посебен приоритет и најголем потенција од Алкалоид ги истакнуваат пазарите од Европската унија каде годинава забележуваат сериозен раст, кој очекуваат да продолжи и во наредниот

2016: MАЧНА И ТЕШКА ГОДИНА ЗА ФИРМИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА


www.kapital.mk

Капитал број 896 / 897 30.12.2016

13 период. “Секако за обележување се нашите потенцијали и во Русија и пазарите од ЗНД како и можностите кои постојано ги унапредуваме со нашите билни производи на пазарот во САД”, велат од Алкалоид. Од Витаминка потенцираат дека како компанија имаат изградено и веќе долго време спроведуваат стратегија на континуиран развој и раст, како на домашен така и на странските пазари. “Тоа значи дека поседуваме потенцијали за понатамошно развивање, а токму таа стратегија ги дефинира. Годината што изминува го одбележавме 60 годинишиот јубилеј што ни ги поставува стандардите за следната и воедно е нашиот најголем предизвик. Така, оваа година, целото наше работење, знаење и професионалност ги ставаме во функција на потврдување на статусот на Витаминка – лидер во кондиторијата што успешно работи шест децении, надградување на статусот и зголемување на досегашниот успех”, вели Наумоски. “Бизнисот ја плаќа најголемата цена во вакви околности, инвестициите и растот се забавени и намалени. На домашниот пазар очигледно дека ќе биде многу лошо ако вака продолжи политичката криза и ние мораме да одиме на други пазари,

во регионот, Европа, итн. Меѓутоа, тоа премостување не е баш така лесно и брзо, и за да може да го направиме ќе мора да работиме 150% за оствариме 100% од минатата година”, вели Трајан Ангелески.

Бизнис плановите на компаниите во 2017

И покрај политичката криза и неизвесните услови за водење бизнис, повеќето компании се одлучни да продолжат да го следат својот главен фокус – подобрување на квалитетот и продуктивноста во работењето, подобрување на конкурентноста, развој на нови производи, освојување на нови пазари и остварување на позитивни финансиски резултати. И самите се свесни дека ќе биде потребен огромен труд за да опстојат на нивните бизнис планови. Но, како што велат, во Македонија никогаш немало добор време за водење бизнис, па веќе се доволно жилави и подготвени за водење на бизнис во време на криза. Од Алкалоид се децидни дека и во 2017 година ќе продолжи фокусот кон рационализација и оптимизација на деловните процеси. “Целосно сме посветени на развојот на нови производи и континуирано проширување на пазарите на кои сме присутни. Одлуките се во правец на максимална диверзификација

на ризиците од работењето како и намалување на нивниот интензитет. Инвестираме постојано во човечкиот потенцијал и вештини како и во нови вработувања особено во специфичните сегменти од нашето работење како на пример истражување и развој, контрола на квалитет исл. Континуирано инвестираме и во нови технологии и осовременувања, опрема, софтвери итн. Целта е да ја одржиме конкурентноста на нашите висококвалитетни производи. Со детално зацртаните планови на продажби на постојните и на нови пазари, сериозната развојна програма на нови производи како и прецизниот план на инвестициони вложувања со кои треба да се остварат сите предуслови за иден раст на Компанијата, очекуваме дека ќе успееме да ги оствариме зацртаните планови за 2017 година кои предвидуваат повторно раст од околу 6% до 7% и тоа главно на извозните пазари со што ќе се овозможи продолжување на нашиот децениски континуиран раст. Од Витаминка велат дека во изминатата година имале значајна инвестиција која што треба да им помогне да ги исполнат зацртаните планови. “Новата производна линија за чоколадирани производи и новиот магацин е инвестиција што ќе го зголеми


www.kapital.mk

Капитал број 896 / 897 30.12.2016

фото: Игор Бансколиев

14

ФИНАНСИСКИТЕ ДИРЕКТОРИ НАЈМНОГУ СТРАВУВААТ ОД ГЕОПОЛИТИЧКИТЕ РИЗИЦИ

А

нектата на Deloitte направена на 1.500 финансиски директори од 17 европски земји покажува дека најголема закана за компаниите се геополитичките ризици, поврзани со борбата против тероризмот и Брегзит. После геополитичките капацитетот на производството, како и можностите за пласман на странските пазари. Во 2016 година покажавме раст на продажбата дома и во странство, каде што се насочивме и каде е забележано зголемување за 8%. Како резултат на оваа инвестиција очекуваме уште поголем раст на продажбата, и на домашен пазар и во оние 40-тина земји односно странски пазари каде сме веќе присутни. Не помалку важно е воведувањето на нови производни стандарди, посебно имплементацијата и сертификацијата на Халал стандардот, што ни отвора еден многу голем и перспективен пазар”, вели првиот човек на Витаминка, Сашо Наумоски. Првиот човек на Адора инженеринг, Чифлиганец вели дека во фокусот на компанијата ќе биде да ја задржат компанијата на нозе и во добра кондициција, со очекување на поповолна бизнис клима и поповолен амбиент за работа во 2017-та година. “Оценуваме дека во овој момент најважно од сé е да опстанеме како здрав економски субјект, а условите за бизнис во наредниот период ќе ги детерминираат следните деловни чекори на Адора инженеринг”, вели Чифлиганец. Од компанијата Микросам од Прилеп, која е целосно извозно ориентирана

фактори, како најголема закана за водењето бизнис европските финансиски директори ги посочиле зголемената регулација, слабите валути, дефлацијата, протекционизмот и зголемените бариери за трговија, недостаток на квалификувана работна сила .

велат дека политичката криза не влијае значајно во делот на потпишувањето на договорите со странските партнери, иако некои од нив се интересираат и прашуваат за ситуацијата во земјата. “Меѓутоа, внатрешно за во Македонија гледаме дека има одредени проблеми со ликвидноста меѓу компаниите, и еден вид на летаргија кај администрацијата. Како најголем ризик ја гледаме глобалната безбедносна ситуација и колку таа ќе влијае врз одлуките на големите корпорации за инвестирање во капитална опрема, тоа е она што го произведуваме ние. Исто така, големата флуктуација на некои од валутите претставува ризик за одредени одлуки. Како потенцијални прилики за раст на продажбите на Микросам ги гледаме источните пазари (Кина, Русија, Индија), како и пазарот на Северна Америка”, вели Димитар Богданоски, менаџер за продажби во Микросам. Што се однесува до плановите на Микросам за следната година, Богданоски вели: “Плановите за наредната година се да имаме раст на продажбата и на извозот, раст на вработувањата, а планираме и позначајни инвестиции во нови развојни проекти и зголемување на производствениот капацитет”, вели Богданоски.

И од Факом потврдуваат дека главниот фокус следната година ќе им биде извозната ориентација. “Во суровите и протекционистички ориентирани странски пазари Фakom секогаш ја потврдувал својата отпорност на сите предизвици, особено во сочувувањето и подобрувањето на квалитетот на своите производи. Нашите напори и понатаму ќе бидат насочени пред се’ на смалувањето на производствените трошоци, заштедата на енергија и енергетската ефикасност, користењето на ефтини и рационални технологии и производни средства и долгорочен и организиран настап во соседните земји и Европската унија и остварување на цврсти врски со силните економии на Блискиот Исток”, вели Симоновски, кој вели дека следната година планираат продажбите да бидат на исто ниво како лани, а 80% од продажбите да бидат во странство. “Евентуални вработувања, во помал обем, се можни во втората половина од годината и во зависност од видот и обемот на проектите. Инвестициите ќе бидат смирени и, пред се, насочени кон модернизација на опремата заради зголемување на конкурентната способност и инвестиции за подобрување на работните услови”, вели Симоновски. nnn



Капитал број 896 / 897 30.12.2016

www.kapital.mk

INTERVIEW 16 ИНТЕРВЈУ

КОСТАС ТЕОДОСИЈАДИС ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР НА ТИНЕКС

МОЈАТА ЦЕЛ Е ВО ТИН ДА СЕ СОЗДАДАТ ЕВР НАЧИНИ НА РАЗМИСЛУ И РАБОТНА ЕТИКА

ТЕОДОСИЈАДИС: ЌЕ СЕ ВЛОЖАМ СЕБЕСИ ВО ТИНЕКС ДА ИЗГРА


www.kapital.mk

Капитал број 896 / 897 30.12.2016

17 По 20 години во Веро, моето искуство во домашниот малопродажен сектор и познавањето на пазарот ми дозволува да бидам пофлексибилен во мојата работа.

ЕКС РОПСКИ УВАЊЕ

Иако Тинекс е најголемиот ланец на супермаркети во земјава, се уште има можности да се зголеми прометот и нашиот удел на пазарот, а и да се создаде меѓународен бизнис модел кој дополнително ќе гo подобри имиџот на компанијата.

Г разговарал:

Игор Петровски

igor.petrovski@kapital.mk

XГ-не X Теодосијадис, две децении бевте на чело на Веропулос во Македонија, практично го изградивте бизнисот на Веро во земјава. Како се случи да преминете во редовите на најголемиот конкурент? Да, во трговскиот сектор сум околу 30 години, но и покрај тоа се уште го чувствувам истиот ентузијазам за понатамошен професионален и личен развој, како кога прв пат дојдов во Скопје, во далечната 1997 година. Во тој период, малопродажбата беше во своите зачетоци. Уште од самиот почеток, со сопствениците на Веро, воспоставивме високо професионална соработка и низ годините имавме големо разбирање за визијата и оперативната работа на компанијата. Сепак, превземањето на компанијата Веропулос во Грција, од страна на конкурентски ланец, направи промена во стратегијата и целите на оперативното работење на Веро, како и во начинот на кој ние, како бизнис лидери, го гледавме патот за напредок. Стигнав до одредено ниво со кое Веро стана лидер на пазарот и синоним за квалитет во малопродажбата. Од мој аспект, почувствував дека професионално повеќе не можам да допринесам, особено не во стратегија во која лично не верувам, и одлучив да прифатам нови предизвици. Решив, да продолжам во Тинекс. Мојата одлука делумно се должи на нивниот потенцијал за раст и развој, а делумно на нивната голема посветеност за успех. Не помалку значаен беше и мојот професионален однос и взаемното почитување кое, во текот на сите овие години, го имав со сопственикот на Тинекс , г-динот Владимир Тодоровиќ. Како резултат на погоре

наведеното, одлуката да продолжам кај најголемиот конкурент и целиот процес на транзиција, за мене беше полесен. XКои X се очекувањата од сопствениците на Тинекс од вас како генерален директор? Што треба да испорачате како резултат? Уште од самиот почеток раководството на Тинекс имаше доверба во мене и во моето искуство во индустријата и дека можам да допринесам до уште поголемо зголемување на растот на компанијата. По 20 години во Веро, моето искуство во домашниот малопродажен сектор и познавањето на пазарот ми дозволува да бидам пофлексибилен во мојата работа. Иако Тинекс е најголемиот ланец на супермаркети во земјава, се уште има можности да се зголеми прометот и нашиот удел на пазарот, а и да се создаде меѓународен бизнис модел кој дополнително ќе ги подобри имиџот на компанијата. XКои X се првите стратешки чекори што ги преземате во насока на остварување на тие резултати? Бизнис моделот кој ќе се обидам да го спроведам се базира на три столба. Првиот столб е фокусиран на развивање на нова генерација на супермаркети кои ќе бидат поголеми во смисла на продажен простор и ќе можат да обезбедат уште подобра услуга. Ова ќе помогне во консолидирањето на нашето присуство на пазарот, како и негово зголемување. Вториот столб се фокусира на негувањето на односите со нашите потрошувачи, добавувачи и клиенти и формирање на еден вид на "партнерство" со нив, така што ќе можеме да споделуваме заедничка визија, која ќе се карактеризира со доверба и зајакната соработка на сите нивоа на синџирот на вредности. И конечно, последниот столб, е насочен кон зајакнување и поттикнување на нашиот тим. Од оние кои помогнаа да се изгради Тинекс до нивото до кое што е сега, па се до новите членови кои неодамна и се приклучија на компанијата. Се надевам дека оваа нова динамика ќе помогне да се создаде кооперативност – кооперативен напор кој ќе води кон создавање на наши конкурентни предности.

АДИМЕ РЕПУТАЦИЈА НА ПОБЕДНИЦИ И ЛИДЕРИ НА ПАЗАРОТ


www.kapital.mk

Капитал број 896 / 897 30.12.2016

18

ИНТЕРВЈУ

XХард X дисконт маркетите земаат сè поголем колач од ритејл пазарот во земјава, каков ќе биде вашиот одговор на нивната експанзија? Верувам дека секторот на хард дисконт маркетите на пазарот е значително ограничен во својот потенцијал. Јас верувам дека потрошувачите се повеќе образовани и повеќе бараат квалитет и добра услуга - и ова ќе биде во нашиот фокус. Во Тинекс, се грижиме за задоволување на целокупните потреби на потрошувачите, со фокус на критериуми кои веруваме дека се најважни, како што се голем асортиман, квалитет, услуга, и конкурентни цени. Во некои случаи, ние сме подготвени значително да ги ограничиме нашите маржи за секогаш да ги обезбедиме најдобрите цени за нашите партнери (потрошувачи) и да бидеме понапред од конкуренцијата. Тоа ќе ни помогне при градењето на доверливи релации со нашите партнери. XКаква X е вашата визија за натамошниот раст и развој на Тинекс? Дали на домашниот пазар има сè уште простор за експанзија или потенцијалот треба да се бара надвор од земјава, како што тоа го сторија некои од конкурентите во вашиот бизнис? Малопродажниот сектор е една постојана битка меѓу конкурентите, што значи дека можностите за проширување секогаш постојат. Тинекс го има тој потенцијал и енергија да се развива уште повеќе и да ја зголеми профитабилноста, дури и во краток рок. Од перспектива на пазарот, малопродажниот сектор е проектиран да се зголеми во текот на наредните години, како што се случуваше и во изминатите години, бидејќи е тесно поврзан со растот на БДП на земјата. Постојаните позитивни резултати ќе ни овозможат да ја гледаме иднината со оптимизам и ентузијаам, со што ќе можеме, уште повеќе, да ја зацврстиме нашата позиција на пазарот. На овој начин, доколку компанијата во иднина одлучи да се интернационализира, секогаш ќе има силна поддршка од матичната компанија. XКако X го оценувате развојот на македонскиот пазар на трговија на мало изминативе две децении? Потребна ли е консолидација, може ли да се очекуваат некакви аквизиции во блиска иднина? Кога интернационализацијата започна пред 20 години, целиот пазар помина низ низа структурни промени. Моделот за супермаркети радикално се смени, но исто така и потребите на потрошувачите значително се променија. Би додал дека пазарот денес е непрепознатлив, во позитивна смисла, во однос на тоа што некогаш беше. Во текот на годините, дојдоа нови играчи, некои замина, а некои никогаш не успеаја. На крајот, потрошувачите се тие кои имаа најголема корист, преку конкурентните цени и се поголемиот избор на производи.

Како семеен синџир на супермаркети, верувам најважна задача ќе биде да се направи комбинација на сегашниот семеен модел со нова етика и стандарди, поставени од страна на пионерите на пазарот на меѓународно ниво. Еден таков успешен модел кој ќе го следиме како пример ќе биде оној поставен од страна на Теско. Во однос на иднината, мислам дека се уште е премногу рано да се влезе во нова фаза на пазарна консолидација или аквизиции во блиска иднина. Сепак, сакаме да ја задржиме нашата позиција на пазарот и да поставиме сопствени правила на истиот, како лидери. XОд X странски трговски синџир со операции во земјава, преминавте во семејна компанија што почна со еден маркет во Карпош и стигна до топ 20 фирми во Македонија. Каква корпоративна култура ќе наметнете во Тинекс сега? Како семеен синџир на супермаркети, верувам најважна задача ќе биде да се направи комбинација на сегашниот семеен модел со нова етика и стандарди, поставени од страна на пионерите на пазарот на меѓународно ниво. Еден таков успешен модел кој ќе го следиме како пример ќе биде оној поставен од страна на Теско. Мојата лична цел е да се создадат европски и меѓународни начини на размислување и работна етика кои ќе се карактеризираат со доблест, тимска работа и градење на силни релации во рамките на компанијата. Истовремено важно е и одржувањето на основниот бизнис начин на размислување

на компанијата, кој ја донесе компанијата на местото каде што е сега. Спојот на оваа динамика навистина ќе создаде уникатна корпоративна култура, дури и за стандардите на супермаркетите. XКои X се основните вредности што ги пропагирате во вашето менаџирање и инсистирате на нив од своите соработници? Со цел да се помогне интегрирањето на мојот бизнис модел, јас донесов со мене тим од моите најблиски и најстручни соработници, од мојата претходна работа. Овој тим е составен од професионалци во секторот на продажба, одделот за месо, раководители на супермаркети, ИТ стручњаци и инжењери. Нивното искуство и докажано лидерство, ќе помогне да се воспостави нашиот нов бизнис модел. Како менаџер и како поединец, јас секогаш ја истакнувам важноста на угледот, бидејќи во мојата област, може да доживееш порази и да изгубиш некои битки, но на крајот, она што останува е угледот. Јас сум подготвен да се вложам себеси за да, во Тинекс се изгради репутација на "победници" и "лидери на пазарот". Така компанијата може да остави траен печат на пазарот како одличен пример. nnn



Капитал број 896 / 897 30.12.2016

20

www.kapital.mk

БАНКИ И ФИНАНСИИ

КАКВА 2017 ГОДИНА ОЧЕКУВААТ БАНКАРИТЕ?!

БАНКАРСКИТЕ ПЛАНОВИ ВО СЕНКА НА ПОЛИТИЧКАТА НЕИЗВЕСНОСТ

БАНКАРИ: МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА ЌЕ ПРОДОЛЖ


www.kapital.mk

Капитал број 896 / 897 30.12.2016

21

О

В ТОНИ СТОЈАНОВСКИ член на Управен одбор на Стопанска банка

о 2017 година ќе влеземе со перцепција на високо ниво на неизвесност која произлегува како од домашните политички случувања, така и од глобалните движења и геополитичките тензии, а пред се состојбите во ЕУ, како најголем трговски партнер на Македонија. Иако во претходните години, македонската економија покажа способност за апсорбција на неизвесностите и ризиците кои доаѓаат од вкупното окружување и регистрираше стапки на раст од околу 3%, сепак таа останува под потребниот капацитет за генерирање на раст од над 5% - 6%, кој на среден рок може да направи разлика во однос на вкупното економско живеење и стандардот на граѓаните. Проценките се дека и во 2017 година можеме да очекуваме раст на економијата од околу 3% - 3,5% и раст на кредитната активност на банките од околу 6%.

МАЈА СТЕВКОВА ШТЕРИЕВА

член на Управен одбор на Комерцијална банка

чекувам дека на економски план, имајќи ги предвид клучните економски параметри, 2017 година ќе биде слична на 2016 година. Без оглед на тоа кој ќе ја формира идната влада, исходот од предвремените парламентарни избори не се очекува да придонесе за значителна стабилизација на политичката ситуација во земјата. Надополнето со претстојните локални избори во првата половина од 2017 година, тоа значи дека Македонската економија ќе продолжи да функционира во амбиент на неизвесност, што неповолно ќе влијае врз оптимизмот на бизнис секторот. Во такви околности, може да се очекува дека домашниот приватен сектор ќе продолжи да биде внимателен во однос на позначајни нови инвестиции. Понатаму, важно е во 2017 година да биде сочувана макроекономската стабилност за што би помогнало започнувањето на процесот на фискална консолидација и постепено сведување на буџетскиот дефицит во зона на долгорочна одржливост.

Оптимистите меѓу банкарите велат дека најреално е да се очекува да се повтори слична година како и оваа и економски раст од околу 3%. Песимистите пак, очекуваат сериозни политички и економски предизвици и превирања, дел од нив и до драматични размери кои што би можеле да ги нарушат условите за водење бизнис, па така проценуваат забавување на економскиот раст, извозот и инвестициската активност. Ако за нешто се истомисленици банкарите, тогаш тоа е дека банкарскиот сектор ќе остане стабилен. Велат, не постои опасност од загрозување на стабилноста и ликвидноста на банките. Но и покрај тоа што имаат голема ликвидност, се проценува дека кредитирањето догодина ќе се зголеми околу 6% - 7% и тоа повеќе за граѓаните, отколку за фирмите, бидејќи банкарите се уште перцепираат значителен ризик во бизнис секторот. пишува:

О Александар Јанев

aleksandar.janev@kapital.mk

Оптимистите меѓу банкарите велат дека најреално е да се очекува да се повтори уште една година како оваа што завршува, со проценка дека политичката неизвесност ќе продолжи но економијата која веќе

навикна да функционира во услови на постојани шокови, ќе оствари раст од околу 3%. Песимистите пак, очекуваат сериозни политички и економски предизвици и превирања, дел од нив и до драматични размери кои што би можеле да ги нарушат условите за водење бизнис, па така проценуваат забавување на економскиот раст, извозот и инвестициската активност. Тони Стојановски, генерален директор за управување со ризици во Стопанска банка, вели дека во 2017 година влегуваме со перцепција на високо ниво на неизвесност која произлегува како од домашните политички случувања, така и од глобалните движења и геополитичките тензии, а пред се состојбите во ЕУ, како најголем трговски партнер на Македонија. Тој смета дека ефектите од Брегзит, слабите остварувања

на европската економија, бегалската криза и заканите од тероризмот исто така ќе бидат клучни одредници од кои ќе зависи економскиот раст. „Иако во претходните години, македонската економија покажа способност за апсорбција на неизвесностите и ризиците кои доаѓаат од вкупното окружување и регистрираше стапки на раст од околу 3% , сепак таа останува под потребниот капацитет за генерирање на раст од над 5%-6%, кој на среден рок може да направи разлика во однос на вкупното економско живеење и стандардот на граѓаните. Проценките се дека и во 2017 година можеме да очекуваме раст на економијата од околу 3% - 3,5%“, оценува Стојановски. Главниот финансиски директор на Комерцијална банка, Маја Стевкова Штериева, вели

ЖИ ДА ФУНКЦИОНИРА ВО АМБИЕНТ НА НЕИЗВЕСНОСТ


www.kapital.mk

Капитал број 896 / 897 30.12.2016

22

БАНКИ И ФИНАНСИИ

С

ВЛАДИМИР ЕФТИМОСКИ претседател на Управен одбор на Стопанска банка Битола

ериозни политички и економски предизвици и превирања, од кои дел од нив можат да имаат и драматични размери, очекувам во 2017 година. Тука мислам не само на нашето опкружување, туку и генерално на глобално ниво. Несомнено сето тоа ќе се рефлектира врз економските остварувања во земјата и врз бизнисот. Неизвесноста за некои ќе претставува хендикеп, но за некои и голема можност. Очекувам банкарскиот сектор да биде стабилен и во функција на економски раст, особено се надевам преку зголеменото ниво на кредитирање на население и многу повеќе на малите и средни македонски компании. Не постои опасност од загрозување на стабилноста и ликвидноста на банкарскиот систем. Посакувам и се надевам македонските компании да ја напуштат летаргијата со која се зафатени веќе подолг период, и тоа не по своја вина, туку поради политичките и економски состојби во земјата.

дека имајќи ги предвид клучните економски параметри, 2017 година ќе биде слична на 2016 година. „Без оглед на тоа кој ќе ја формира идната влада на Република Македонија, исходот од предвремените парламентарни избори не се очекува да придонесе за значителна стабилизација на политичката ситуација во земјата. Надополнето со претстојните локални избори во првата половина од 2017 година, тоа значи дека македонската економија ќе продолжи да функционира во амбиент на неизвесност, што неповолно ќе влијае врз оптимизмот на бизнис секторот. Во такви околности, може да се очекува дека домашниот приватен сектор ќе продолжи да биде внимателен во однос на позначајни нови инвестиции. Понатаму, важно е во 2017 година да биде сочувана макроекономската стабилност за што би помогнало започнувањето на процесот на фискална консолидација и постепено сведување на буџетскиот дефицит во зона на долгорочна одржливост“, оценува Штериева. Генералниот директор на Стопанска банка Битола, Владимир Ефтимоски, исто така е песимист кога е во прашање глобалната слика на 2017 година. „Сериозни политички и економски предизвици и превирања, од кои дел од нив можат да имаат и драматични размери, очекувам во 2017 година. Тука мислам не само на нашето опкружување, туку и генерално на глобално ниво. Несомнено сето тоа ќе се рефлектира врз економските остварувања

М ЈОВАНКА ЈОЛЕСКА ПОПОВСКА

претседател на Управен одбор на ПроКредит банка

во земјата и врз бизнисот. Неизвесноста за некои ќе претставува хендикеп, но за некои и голема можност“, истакна Ефтимоски. Јованка Јолеска Поповска, претседател на Управниот одбор на ПроКредит банка, вели дека случувањата во економијата, влијаат и на работењето на банката која е специјализирана за приватниот бизнис сектор и население. „Македонските бизниси веќе подолг временски период работат во динамично политичко окружување и за сега, доста успешно се носат со предизвиците. Претприемачите, со јасна визија за својот бизнис, умеат да ги исцрпат сите бизнис можности како на домашниот, така и на регионалниот пазар се со цел самите да си обезбедат стабилност и позитивно опкружување за развој на бизнисот. Со оглед на тоа дека политичката неизвесност во Македонија прерасна во секојдневие за бизнисите, веруваме дека бизнисот ќе продолжи да работи а бизнисмените ќе ги реализираат инвестициите во развој на своите компании“, коментира Јолеска Поповска.

Повеќе кредити за граѓани, помалку за фирми

Ако по нешто се истомисленици банкарите, тогаш тоа е дека банкарскиот сектор ќе остане стабилен. Велат, не постои опасност од загрозување на стабилноста и ликвидноста на банките. Но и покрај тоа што имаат голема ликвидност, се проценува дека кредитирањето догодина ќе се зголеми околу 6% - 7% и тоа повеќе

акедонските бизниси веќе подолг временски период работат во динамично политичко окружување и за сега, доста успешно се носат со предизвиците. Претприемачите, со јасна визија за својот бизнис, умеат да ги исцрпат сите бизнис можности како на домашниот, така и на регионалниот пазар се со цел самите да си обезбедат стабилност и позитивно опкружување за развој на бизнисот. Со оглед на тоа дека политичката неизвесност во Македонија прерасна во секојдневие за бизнисите, веруваме дека бизнисот ќе продолжи да работи а бизнисмените ќе ги реализираат инвестициите во развој на своите компании. Финансиските институции како банките се сензитивни на голем дел од промените на политичко и општествено поле, но турбуленциите на политичко поле во 2016 ја потврдија стабилноста и издржливоста на банкарскиот сектор.

за граѓаните, отколку за фирмите, бидејќи банкарите се уште перцепираат значителен ризик во бизнис секторот. Од друга страна, дел од вишокот пари традиционално ќе ги пренасочуваат во државните записи и обврзници со кои што се финансира буџетскиот дефицит. Според проценките на Министерството за финансии државата од домашните банки во 2017 година планира да позајми вкупно 290 милиони евра, што е повеќе од двојно отколку годинава. Јолеска Поповска од ПроКредит банка, вели дека финансиските институции како банките се сензитивни на голем дел од промените на политичко и општествено поле, но турбуленциите на политичко поле во 2016 ја потврдија стабилноста и издржливоста на банкарскиот сектор. „Еден од поважните ризици на кои се обрнува внимание е кредитирање на долгорочни одржливи инвестиции и анализа на секоја кредитна изложеност засебно со цел помал пласман во нефункционални кредити. Оваа година се почувствува воздржаност од страна на малите и средни бизниси за планираните долгорочни инвестиции, пред сè поради неизвесноста на политичко поле. Доколку се стабилизира политичката ситуација, очекуваме дека следнава година претприемачите ќе реализираат дел од своите планови за раст и развој на бизнисите како за нови производни линии и процеси, така и за унапредување на постојаното производство и оптимизација на трошоците“, коментира Јолеска Поповска.

НБМ: КРЕДИТНИОТ РАСТ ВО 2017 ГОДИНА ЌЕ БИДЕ ОД 6% ДО 7%



www.kapital.mk

Капитал број 896 / 897 30.12.2016

24

БАНКИ И ФИНАНСИИ 39,2% 34,4%

30,5% 25,0%

Кредитен раст на приватен сектор

21,0%

3,5% 2004

2005

2006

2007

2008

Штериева од Комерцијална банка објаснува дека кредитната експанзија на банките ќе продолжи во 2017 година, при што таа ќе биде во линија со перцепцијата за ризик. „Во услови на отсуство на позначително забрзување на растот на економијата, а присутна политичка неизвесност, за банките останува доминантен кредитниот ризик. Растот на кредитите доминантно ќе се финансира од депозитната база, којашто остана стабилна, и покрај непотребните турбуленции во 2016 година, што се должи на високата доверба што економските субјекти ја имаат во банкарскиот систем на земјава. Дополнително, за банките останува ризикот од пролонгирање на меѓународните околности што продуцираат негативни каматни стапки на депозитите што банките од земјава ги депонираат кај странски банки“, оценува Штериева. Во однос на кредитната поддршка за граѓаните и фирмите, таа вели дека во делот на правни лица во наредната година Комерцијална банка ќе продолжи со внимателна кредитна политика бидејќи ризиците се уште постојат, а во сегментот домаќинства, се очекува умерен раст на кредитите. „Банката ќе настојува да ја зајакне конекцијата со постојните клиенти но паралелно ќе биде отворена и за нови проекти за кои ќе процени дека се

2009

7,1% 2010

8,5% 2011

5,4% 2012

профитабилни со прифатливо ниво на ризик. Општиот економски амбиент е детерминиран од општите економски индикатори кои се познати и на кои Банката се прилагодува. Треба да се има предвид дека растот на кредитирањето треба да е паралелен со пораст на вкупната економска активност. Очекуваме и подобар општествено - политички амбиент кој несомнено ќе има позитивно влијание на економските трендови. Првиот клучен сигнал за позитивни промени ќе биде зголемувањето на кредитите за нови инвестиции кои беа под посакуваното ниво во претходните години“, истакна Штериева. Стојановски од Стопанска банка вели дека растот на кредитната активност на банките догодина се проценува дека ќе биде околу 6%. „Сепак, со оглед на ограничениот раст на економијата кој во еден значаен дел произлегува од активноста во слободните зони, не може да се очекува позначителна промена во структурата на кредитниот раст, односно и понатаму главниот предизвик и за банките и за компаниите е да се зголеми корпоративното кредитирање и тоа не само за одржување на постојното ниво на обртен капитал на компаниите туку и за нови инвестиции кои единствено можат да ја кренат стапката на раст на економијата до ниво од над 5% - 6%“, потенцира Стојановски и додава дека банките во текот

6,4% 2013

10,0% 7,7% 2014

2015

5,6% 2016

7,0% 2017

на 2017 година ќе треба да се соочат и со предизвиците за усогласување со новите капитални барања кои произлегуваат од Базел 3, а неодамна беа вградени и во Законот за банките, како и барањата за усогласување со новиот Меѓународен Сметководствен Стандард 9, кој на ниво на ЕУ започнува со примена од јануари 2018 година. Ефтимоски од Стопанска банка Битола исто така вели дека банките ќе делуваат во функција на економскиот раст, финансирајќи ги и граѓаните но и приватните фирми. „Конкретно очекувам банкарскиот сектор да биде стабилен и во функција на економски раст, особено се надевам преку зголеменото ниво на кредитирање на население и многу повеќе на малите и средни македонски компании. Не постои опасност од загрозување на стабилноста и ликвидноста на банкарскиот систем. Посакувам и се надевам македонските компании да ја напуштат летаргијата со која се зафатени веќе подолг период, и тоа не по своја вина, туку поради политичките и економски состојби во земјата. Не очекувам да се случи драстично подобрување на работењето на бизнисот во земјата, но сепак се надевам на поголема раздвиженост, која ќе вроди со зголемено ниво на кредитирање и зголемен економски раст“, истакна Ефтимоски. nnn



Капитал број 896 / 897 30.12.2016

26

www.kapital.mk

ИНТЕРВЈУ XКакви X можности им нуди на корисниците мобилната апликација мБанка? Со симнување на мБанка од App Store или од Google Play на вашиот мобилен уред (телефон или таблет) ќе имате сопствена подвижна виртуелна експозитура преку која на брз, едноставен и сигурен начин ќе можете да дознаете нешто повеќе за производите на банката за физички лица (кредити, кредитни картички, денарски и девизни штедни влогови) и за услугите како Курсната листа, Конверторот на валути, Кредитниот и Депозитниот калкулатор, да ги пронајдете нашите најблиски банкомати, експозитури или филијали, да остварите увид во вашите сметки и кредити или, пак, да вршите плаќања од вашите трансакциски денарски или девизни сметки. Со користењето на мБанка можете бесплатно да добивате известувања за приливи и одливи од Вашите сметки, картички, денарски и девизни депозити. Можете да ги менувате дневните и месечните лимити на трансакциите направени на POS терминали и на банкомати за Вашите дебитни и кредитни картички. Имате можност да ги менувате личните податоци, како и да го смените веќе избраниот PIN за автентикација. Можете многу лесно да ги пребарувате вашите трансакции по датум, време, трансакциска сметка или назив на примачот.

ЗОРИЦА ЧЕРЕПНАЛКОСКА

ДИРЕКТОР НА СЕКТОР ЗА ИНФОРМАТИЧКА ТЕХНОЛОГИЈА ВО КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА АД СКОПЈЕ

СО мБАНКА САМО ПО КЕШ ВО БАНКА

Со симнување на мБанка од App Store или од Google Play на вашиот мобилен уред (телефон или таблет) ќе имате сопствена подвижна виртуелна експозитура преку која на брз, едноставен и сигурен начин ќе можете да дознаете нешто повеќе за нашите банкарски производи. Со користењето на мБанка клиентите многу малку имаат потреба од доаѓање во просториите на Банката, освен во случаите кога им е потребен кеш или пак при склучување на договор за добивање на кредит. Во блиска иднина, оваа апликација би можела да ја замени потребата од банкарски шалтер.

XЗа X што најмногу се користи оваа апликација? Анализите покажуваат дека апликацијата најмногу се користи за увид во сметките на клиентите, а сè поголем е бројот на клиенти кои се одлучуваат да вршат плаќања со истата. И тоа: од околу 11.500 корисници на мБанка, близу 9.000 имаат само увид во сметките, а останатите 2.500 вршат плаќања. XКаков X е интересот на граѓаните за мобилно банкарство? Може ли оваа апликација да ја замени потребата од банкарски шалтер? Постоечките корисници на нашата Интернет банка за физички лица (околу 95.000 за увид во сметки и близу 26.000 кои вршат плаќања од своите компјутери) го имаат почувствувано благодетот од работењето на Интернет и се потенцијални корисници на нашата мБанка. Достапноста на услугата во кое било време, од кое било место, 24x7, 365 дена во годината им овозможува на клиентите на Банката најрационално да го планираат и да го искористат својот работен ден и да ги завршат обврските околку плаќање на јавните услуги, подмирувањето на ратите за кредит, вршењето трансфери од сметка на сметка, плаќање кон други физички или правни лица, плаќање на јавни давачки и друго. Постоечките корисници на Интернет банката кои истата ја користат за вршење на плаќања без доаѓање во просториите на Банката, на веб-сајтот на Интернет банката можат да ги регистрираат своите мобилни


www.kapital.mk

Капитал број 896 / 897 30.12.2016

ИНТЕРВЈУ

уреди за користење на мБанка. Понатамошното користење на мБанката се базира на внесување 6-цифрен PIN (Personal Identification Number) кој корисникот го избира при регистрацијата на апликацијата и без внесување на корисничко име и лозинка, а сето тоа со цел корисникот брзо и лесно да го направи плаќањето. Во прилог на брзината и едноставноста оди и фактот дека сите кориснички шаблони што претходно корисникот ги направил на Интернет банката веднаш му се достапни и на мБанката. Со користењето на мБанка клиентите имаат многу малку потреба од доаѓање во просториите на Банката, освен во случаите кога им е потребен кеш или, пак, при склучување договор за добивање кредит. Имајќи ја предвид стратегијата на Банката за овозможување на сите нејзини услуги на Интернет, во блиска иднина истата би можела да ја замени потребата од банкарски шалтер. мБанка се користи од јули 2014-та година и бројот на нејзините корисници континуирано се зголемува. XКолку X е безбедно користењето на апликацијата мБанка? Може ли да дојде до злоупотреба на нечија сметка во случај на изгубен или украден мобилен? При развојот на мБанка се имплементирани најдобрите светски сигурносни стандарди за заштита на апликации кои работат на Интернет. мБанка работи со вграден софтверски генератор на кодови, а пристапот до него е заштитен со стандардна криптографија базирана на PIN-от кој го знае и внесува само корисникот на апликацијата. Со други зборови, во мБанка е имплементирано истото ниво на заштита како на веб-сајтот на Интернет банката, што функционира беспрекорно веќе 10 години, без ниту еден пријавен сигурносен инцидент од страна на корисниците. Во самата апликација се вградени техники за откривање на сигурносно компромитирани уреди т.н. рутирани и jailbreakувани уреди, при што апликацијата по автоматизам го ограничува видот и обемот

на услугите за ваков тип уреди. Во случај на изгубен мобилен уред, корисникот на мБанка преку веб-сајтот на Интернет банката може веднаш истиот да го оневозможи за понатамошно користење, а со тоа и да ја спречи евентуалната злоупотреба. Исто така, изгубениот уред корисникот треба да го пријави на Help Desk-от за техничка поддршка на Интернет банката. XКолку X мобилната апликација може да го олесни пристапот до банкарски услуги на еден бизнисмен? Би рекла многу, имајќи ја предвид статистиката од повеќегодишното користење на Интернет банката за правни и физички лица од страна на бизнисмените. Тимот за развој на Интернет и мБанка од Секторот за информатичка технологија, заедно со технолозите од Банката, континуирано работи на надополнување на функционалностите на Интернет банката за правни и физички лица и на мБанката за физички лица, а согласно барањата, сугестиите и препораките на нашите ценети клиенти. Меѓу нив има врвни менаџери и бизнисмени, кои со своето долгогодишно работно искуство ни помагаат да направиме апликации согласно нивните очекувања за брзи, едноставни и на повеќе нивоа контролирани плаќања во рамките на своите компании, при тоа

27

имајќи го предвид фактот за нивното постојано движење, како во земјата така и во странство. Ние го цениме нивното време и затоа се трудиме да им овозможиме своите работни и приватни обврски по основ на плаќања да можат да ги завршат во кое било време и од кое било место, а тие секојдневно ни ја искажуваат својата доверба. Токму затоа, приоритетот на нашиот тим за следната година ќе биде градењето на мБанка за правни лица. XКакви X се потребите на граѓаните од дополнување на можностите што ги нуди мобилната апликација? Планирате ли апликацијата да се надградува? Граѓаните често ни испраќаат пораки во кои ги искажуваат своите предлози за надградување на постоечките апликации со функционалности кои би сакале да ги добијат на Интернет, а сега се достапни само на шалтерите на Банката. Исто така ни даваат многу корисни сугестии за унапредување на изгледот на прегледите за направените трансакции и можноста да имаат подобра статистика од нивните податоци. Ние сме тука истите да ги разгледаме и, согласно нашите приоритети за развој и надградба на апликациите, во следниот период да ги прифатиме и имплементираме. nnn


www.kapital.mk

Капитал број 896 / 897 30.12.2016

28

ПОЛИТИКА

ВЛЕГУВАМЕ ВО ГОДИНА СО ГОЛЕ

2017 МОЖЕ ДА БИД ЗАГУБЕНА ГОДИНА пишува:

Максим Ристески

maksim.risteski@kapital.mk

фотографија: МИА

Г

лавната премиса од која ќе се развиваат сценаријата за Македонија во новата, 2017 год ина, е дека по изборите на 11 декември имаме променета политичка карта. Мнозинството гласови граѓаните ги дадоа за промени, кои не може да не се гледаат како кохерентна целина поради јасните заеднички одредници на поддржаните политички опции што директно се конфронтираат со позициите на ВМРО-ДПМНЕ. Од друга страна, кај ВМРО-ДПМНЕ немаше значаен пад на поддршката - коалицијата на досегашната владејачка партија тесно, но, освои најголем број мандати. Степенот на политичка поларизација во земјава, во ваква ситуација не остава

Првиот дел од следнава година, јасно, ќе биде одбележан со обиди да се направи влада, за што многу комбинации се можни, и ниту една опција не може да се исклучи, особено таа дека ќе нема договор за нова влада, односно, оти ќе има нови предвремени парламентарни избори

многу правци за развој, освен процесот да продолжи додека не истера на чистина јасни „победници“ и „губитници“. Првиот дел од следнава година дефинитивно ќе биде одбележан со обиди да се направи влада, за што многу комбинации се можни, и ниту една опција не може да се исклучи, особено таа дека ќе нема договор за нова влада, односно, оти ќе има нови предвремени парламентарни избори. Ако, сепак, ВМРО-ДПМНЕ прави влада, истата би настојувала да ги блокира реформите што ги бара меѓународниот фактор, а за кои во кампањата се заложија

не само сите што настапија како опозиција, туку и владејачката ДУИ - главно за поддршка/продолжување на мандатот на Специјалното јавно обвинителство и за спроведување на препораките на Прибе. Во преговорите за нова влада на ВМРОДПМНЕ и на ДУИ (плус, најверојатно, уште една или две од партиите од албанскиот блок), лидерите Никола Груевски и Али Ахмети би требало да направат компромиси на какви што, и приципиелноста да им е сведена на минимум, не би требало да бидат спремни. Но, ... првиот би можел да се оправдува

СПАСОВ: БЕЗ ХРАБРОСТ НА НАЈРАДИКАЛЕН НАЧИН ДА СЕ ПО


www.kapital.mk

Капитал број 896 / 897 30.12.2016

29

ЕМИ ПОЛИТИЧКИ НЕИЗВЕСНОСТИ

ДЕ УШТЕ ЕДНА А ЗА МАКЕДОНИЈА дека во ситуацијата, после позициите од кои кон Албанците настапи претседателот на СДСМ, Зоран Заев, немал друг избор. Вториот, Ахмети, во ваков случај би сакал да ја подели одговорноста со друга партија/партии од албанскиот блок, дека настапуваат со заедничка, усогласена платформа, а проблемот што ВМРОДПМНЕ, на пример, не е за продолжување на мандатот на СЈО, би го оставил на слободната волја на своите пратеници, да гласаат по прашањето исто како опозицијата. Гласините се дека при преговорите за ваква влада, Ахмети и Груевски треба да имаат предвид дека и да ја договорат, таа може да не помине во Парламентот, зашто, наводно, неколку пратеници на ДУИ во никаков случај немало да гласаат за нова владина коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. Ако, сепак, и кај пратениците помине новата влада на Груевски и на Ахмети, таа би требало да ги организира локалните избори во мај, кои, да го употребиме речникот на странците, би биле втор чекор кон излезот

од кризата, ако изборите на 11 декември беа првиот. Опозицијата, секако, би стравувала од ризиците што би ги носеле изборите што би ги организирале ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, претпоставувајќи по што сè би можеле да посегнат за да го свртат трендот што го покажаа изборите на 11 декември. Ова би можело да повлече нови, посилни протести, охрабрени од изборниот резултат на опозицијата, и, во секој случај, нова силна меѓународна интервенција. Ако, пак, Груевски биде принуден да го врати мандатот за формирање влада, и истиот го добие Заев, и обезбеди мнозинство, треба да се очекува жестока реакција од ВМРО-ДПМНЕ, која коалицијата на СДСМ со (можеби сите) албански партии би ја напаѓала како нов чекор, по отворањето на Заев за Албанците, кон она што партијата на Груевски ќе продолжи да го антирекламира како „федерализација“. Во тој случај „демократијата“ одново ќе биде на улица, а странците одново ќе ја смируваат ситуацијата.

Инаку, ваквото сценарио, за реформска влада, пресретлива за препораките од Брисел во контекст на јасен евро-атлански интеграциски курс, би го направила потребното од македонска страна за можеби и да се остварат извесните индиции што ги даде претходникот на Јоханес Хан, Штефан Филе, дека не е заборавен неговиот предлог за паралелни преговори за членство на Македонија во ЕУ и преговори со Грција за решавање на прашањето со името. „Разбрав дека овој предлог е во задниот џеб на политичарите и се надевам оти кога ќе биде добра ситуацијата на теренот во земјата, ова е начин како да се пристапи кон ова прашање“, рече Филе на дебатата во Брисел, „Балканот: Зголемување на поврзаноста на патот кон ЕУ“. Но, многу е можно препреките за формирање влада и од страна на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ да се покажат како непремостливи, и кризата да продолжи да се продлабочува до новите предвремени избори, што би се совпаднале со локалните, или, според

ОЧНЕ СО ПРОМЕНИТЕ, МАКЕДОНИЈА ЌЕ ОСТАНЕ БЛОКИРАНА


www.kapital.mk

Капитал број 896 / 897 30.12.2016

30

ПОЛИТИКА

П

ЃОРЃИ СПАСОВ професор:

олитичките сили кои со својата политика доведоа до тоа Македонија да стане „заробена држава“ и земја што инклинираше кон еднопартиски систем, не се силно поразени.Тие ќе прават сè за да продложат политичките опструкции на правдата, и да бидат блокирани сите можни реформи дури и ако не успеат да формираат влада.

одредени аналитичари, би се случиле дури есента 2017.

Колку причини за оптимистички, толку и за песимистички сценарија

Професорот Ѓорѓи Спасов своето видување за она што ќе следи во 2017 го почнува со констатација дека влегуваме во година со нови политички неизвесности, со ситуација кога по одржаните избори е променет односот на политичките сили, но не и доволно убедливо за да направи сериозен политички пресврт. „Политичките сили кои со својата политика доведоа до тоа Македонија да стане „заробена држава“ и земја што инклинираше кон еднопартиски систем, не се силно поразени.Тие ќе прават сè за да продложат политичките опструкции на правдата, и да бидат блокирани сите можни реформи дури и ако не успеат да формираат влада. Но, бидејќи немаат политичка моќ да формираат стабилна влада, тие ќе се обидат само малку да се консолидираат и ако е можно да одржат нови избори по стар терк, во надеж дека ќе си ја вратат изгубената моќ, а со тоа и ќе ја избегнат одговорноста за направените злоупотреби на власта и за криминалот и корупцијата. Можно е да направат исчекор во насока на натамошно стеснување на работата на опозицијата во земјата, да продолжат со сатанизација на невладиниот сектор и ограничување на слободата на медиумите со што ќе предизвикаат уште поголеми конфликти во Македонија и продлабочување на кризата“, смета Спасов. Развој на ситуацијата, како што вели тој, во насока на позитивни промени, професорот гледа во можноста коалицијата на СДСМ и на сите етнички партии на Албанците, па и на партиите кои учествуваа на изборите, а не освоија мандати, што имаат заеднички точки, да состават програма на влада

К

БОРЧЕ ДАВИТКОВСКИ професор:

која може Македонија да ја изведе од политичката криза. Спасов во прилог наведува дека сите овие политички субјекти се за продолжување на мандатот на СЈО и за создавање судско одделение кое ќе доведе до „враќањето на надежта за владеење на правото во Македонија“, и за спроведување на сите реформи од планот на Прибе. Сите се за ребаланс на буџетот, за запирање на непродуктивното трошење, за транспарентност на буџетот и негова правилна распределба. Професорот вели и дека сите се за промена на изборниот модел според кој Македонија на следните избори ќе биде една изборна единица и ќе се гласа на отворени листи, и сите се за градење на Македонија како едно општество и унитарна држава. Како што сите овие политички субјекти се и за да се формира национално координативно тело од сите партии, кое ќе го решава прашањето за надминување на разликите околу името со Грција, како услов за интегрирање на Македонија во НАТО и во ЕУ. И сите се залагаат за ослободување на економијата од притисокот на политичката власт, за слободни медиуми, за силни и незвисни синдикати, за силно граѓанско општество и за транспарентност и одговорност на институциите, како услов за развој и европеизација. „Единствената политичка сила која не сака ниту продолжување на работата на СЈО, ниту транспарентен буџет и запирање на неодговорното трошење, која не сака слободни медиуми, невладин сектор, силни синдикати, која не трпи било каква контрола, и мисли дека има ексклузивно право во одбраната на македонскиот национален идентитет, при што се смета и за единствениот „вистински“ претставник на народот, е партијата ВМРО ДПМНЕ“, вели Спасов.

ризата и натаму ќе се продлабочува. Влада нема да имаме. Очекувам на локалните избори што наместо во март ги префрлија во мај, пак да гледаме циркузијада. Најверојатно ќе се поврзат со нови парламентарни, а ако работите се искомплицираат, можеби парламентарни избори ќе има во септември, октомври.

Оттука тој заклучува дека Македонија може да исчекори напред само со формирање реформска влада и со оставање на ВМРО ДПМНЕ во опозиција. „Таквата влада без ВМРО ДПМНЕ треба да ги спроведе следните локални избори и можеби заедно со претседателските избори да организара нови предвремени парламентарни избори, според нов изборен модел. На ВМРО ДПМНЕ добро би му дошло по 10 години на власт да остане малку во опозиција за да се реформира и да ја свати штетноста на неговата сегашна политичка платформа за Македонија. Во реформската влада, секако би било добро места да им бидат понудени и на експерти, но и на лица од десницата кои не ги делат ригидните политики со сегашното раководство на ДПМНЕ“, смета професорот. Тој зема предвид дека многумина ќе сметаат оти СДСМ со формирањето на таква влада би можел многу да загуби, но, смета дека „без храброста на најрадикален нечин да се започне со промените, Македонија ќе остане блокирана и ќе се загуби ентизијазмот за најавуваните и очекувани реформи и промени“. Професорот, пак, Борче Давитковски, во одговорот на прашањето што ја чека Македонија во 2017 година, не остава простор за оптимизам. „Не очекувам ништо добро. Кризата и натаму ќе се продлабочува. Влада нема да имаме. Очекувам на локалните избори што наместо во март ги префрлија во мај, пак да гледаме циркузијада. Најверојатно ќе се поврзат со нови парламентарни, а ако работите се искомплицираат, можеби парламентарни избори ќе има во септември, октомври“, смета Давитковски. Според него 2017, за жал, ќе биде уште една промашена година за Македонија и за нејзините граѓани. nnn



www.kapital.mk

Капитал број 896 / 897 30.12.2016

32

ИНТЕРВЈУ

INTERVIEW

БИЛАЛ КАСАМИ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ДВИЖЕЊЕТО БЕСА:

НИЕ СМЕ ВЕТЕНИОТ ЗБОР ЗА ЕДЕН ДОСТОИНСТВЕН ЖИВОТ разговарал:

З

Максим Ристески

maksim.risteski@kapital.mk

XЗошто X во албанскиот блок успеавте да го спречите цементирањето на двопартизмот на ДУИ и на ДПА, а во македонскиот блок впечатокот е дека перспективна трета опција нема ниту на повидок? Зарем

Македонците имаат причини да бидат позадоволни од ВМРОДПМНЕ и од СДСМ, отколку Албанците од ДУИ и од ДПА? Првин, треба да се спомене дека ние сме автентично, автохтоно и автономно политичко движење. Ние се формиравме од нашите внатрешни и домашни потреби, од нашите капацитети и не сме вагон или фракција на никоја друга партија. Албанците во Македонија сакаат да имаат политички субјект кој ќе ги штити нивните интереси како граѓани од прв ред во оваа држава и тие ова го гледаат најдобро во Движењето БЕСА. Јавноста знае многу добро дека некои албански партии со текот на времето стануваат подружници на македонските партии,

и потоа само зборуваат на албански, а всушност мислат на македонски јазик. Ова се случило неколку пати од 1990-та година. Затоа се појави потребата за нов политички субјект кој ќе биде само наш и на никој друг. А во однос на прашањето зошто Македонците не успеваат, за тоа не би сакал да коментирам. XШто X придонесе повеќе за изборниот успех на БЕСА грешките/промашувањата на Али Ахмети и Мендух Тачи или вашата понуда носена од млади, на Запад образувани млади луѓе? Преку мене и мојата политичка организација, која ја претставувам, всушност е разоткриена притиснатата волја на еден народ кој е лишен од основните права во

КАСАМИ: НАТО / ЕУ ИНТЕГРАЦИЈАТА БЕШЕ СПРЕЧЕНА ОД


www.kapital.mk

Капитал број 896 / 897 30.12.2016

33 Македонија. Во овој случај, јас сум само еден од многуте Албанци во Македонија кои и рекоа доста на дискриминаторската политика, нееднаквоста, понижувањето предизвикано од деградираниот и корумпираниот систем на двојката ВМРОДУИ. Јас се гордеам што во историски околности, кога секој имаше можност да покаже на која страна е, заедно со Движењето БЕСА, најуспешниот проект на Албанците по периодот на конфликтот, докажавме дека сме гласот на непретставените луѓе, ние всушност сме волјата на младите кои имаат надеж за подобра иднина, но и на постарите генерации кои придонесоа за Македонија да биде и држава на Албанците. Ние сме ветениот збор за еден достоинствен живот. Затоа нема да дозволиме да се повтори повеќе неодговорни и корумпирани политичари да им ја украдат иднината на младите генерации. XЌе X се формира ли набрзо влада, и ако е така, кој ќе ја формира, или ќе мора да се оди на нови предвремени избори? Движењето БЕСА ќе прифати преговори за формирање на новата влада само под услов ако во тие преговори нема да има и инкриминирани лица или осомничени од страна на СЈО. Во тој случај ние би прифатиле евентуални преговори ако се прифаќа темата за редефинирање на уставно-законскиот систем на државата и третиот услов е договорот за новата влада да биде транспарентен за јавноста и да биде временски ограничен.

XX Под кои услови БЕСА би учествувала во преговори за нова влада? Ќе прифатиме преговори за формирање на новата влада само под услов во тие преговори да нема и инкриминирани лица или осомничени од страна на СЈО. Во тој случај ние би прифатиле евентуални преговори ако се прифаќа темата за редефинирање на уставно-законскиот систем на државата и третиот услов е договорот за новата влада да биде транспарентен за јавноста и да биде временски ограничен.

XМожни X ли се опасни сценарија за развој на ситуацијата, со оглед и на прогласот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ што Никола Груевски го прочита пред демонстрантите собрани пред Државната изборна комисија? Ултранационалистичките и анти-западните повици на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски пред ДИК ја покажуваат и политичката ориентација на ВМРОДПМНЕ како партија, но и на владата која ја водеше тој заедно со ДУИ. Партијата на човекот кој владеел досега, предводена од дискриминаторска и ексклузивна политика кој Албанците, со речникот употребен кој амбасадорите на пријателските земји, како што се амбасадорите на САД и ЕУ, покажува дека Никола Груевски е ориентиран со политики кои најмалку ја имаат за цел светлата иднина на своите граѓани и евро-атлантската перспектива. XДалеку X ли е времето кога Албанците во Македонија ќе почнат да веруваат во државата и во институциите поради нивниот кредибилитет, а не според правичната застапеност на нивните сонародници?

Јас се гордеам што во историски околности, кога секој имаше можност да покаже на која страна е, заедно со Движењето БЕСА, најуспешниот проект на Албанците по периодот на конфликтот, докажавме дека сме гласот на непретставените луѓе; ние всушност сме волјата на младите кои имаат надеж за подобра иднина, но и на постарите генерации кои придонесоа за Македонија да биде и држава на Албанците Поради оваа причина ние како Движење БЕСА сме ангажирани за целосно редефинирање на државата, кое треба да почне со деетнизација на државата и институциите, преземајќи обоеност и од автохтоноста на Албанците и другите етнички групи во Македонија. Оваа држава е на сите граѓани и никој нема право да ја присвои за себе, да и даде какви симболи сака тој и да ја третира како своја, а другите да ги смета за луѓе кои се тука по некоја случајност, па мора да се справи со нив. Ние сме граѓани на Македонија, вложуваме во оваа држава исто како Македонците, па затоа сакаме да бидеме рамноправни со нив во сите области. Сметаме дека само на овој начин Албанците ќе можат да ја прифатат Македонија за нивна држава и да им веруваат на државните институции. XШто X подразбирате под ревизија на Охридскиот рамковен договор – негово уточнување за што поцелосна имплементација или некаква негова натамошна надградба? Ние ја имаме нашата платформа РЕДЕФИНИРАЊЕ, која има за цел го спречи уништувањето на образовниот систем, да ги спречи партиските кадри. РЕДЕФИНИРАЊЕТО е функционален безбедносен и правен систем, спречувањето на монтираните случаи. Редефинирањето значи создавање на услови за младите луѓе и спречувањето на пустошењето на Македонија, главно од албанската младина. Редефинирањето значи да се дефинира јасно државниот интерес на сите граѓани, како и албанскиот интерес во тие рамки. Редефинирањето е последната можност на една Македонија со иднина која создава еднакви предуслови

Д АНТИЗАПАДНАТА ПОЛИТИКА НА ДВОЈКАТА ВМРО-ДУИ


www.kapital.mk

Капитал број 896 / 897 30.12.2016

34

ИНТЕРВЈУ

за нејзиниот народ и последната можност за Албанците да ја земат судбината во свои раце. Редефинирањето ги дефинира и ги открива и корумпираните политичари, кои ја блокираат работата на СЈО. Редефинирањето е единствениот начин за да се запре ова зло и да се отвори светла иднина за сите граѓани во Македонија. XКолкава X е опасноста од повампирување на големоалбанските идеи/аспирации што би ја засегнале Македонија? Македонија не може да постои без волјата на Албанците. Ова се потврди и од изборните резултати, гласови кои се доказ за зрелоста на народот кој одбра да ги казни сите оние кои ја украдоа иднината на Македонија и дадоа уште една можност на постоење на државата, која треба да се редефинира за да се обезбеди благосостојба и еднаквост за сите граѓани, одразувајќи се на сите полиња. Мислам дека сега за сега Албанците не уживаат веќе во такви романтични идеи, но тоа не значи дека тоа нема да се врати ако Македонците се неми на подадената рака на Албанците за заедничка рамноправна и докрај правна држава. XСе X сложувате ли дека кога Македонија би станала членка на Европската унија и би се подобрил нејзиниот економски стандард, меѓуетничките проблеми што ги адресирате во име на Албанците ќе ги снема, ќе загубат на значење? Сметаме дека интеграцијата во НАТО и ЕУ е примарна обврска на Македонија,

бидејќи на тој начин се гарантира нејзината безбедност, а со тоа се создава и можноста за одржлив економски развој. Ние како држава немаме друга алтернатива освен НАТО и ЕУ. А уште помалку како Албанци не ни одговара ниедна друга алијанса и нема да прифатиме никаква обврска која го исклучува НАТО. Мислам дека досега интеграцијата во НАТО и ЕУ била спречена од антизападната политика на двојката ВМРО-ДУИ. Покрај ова, се сложувам дека во интеграциони околности, кога би се решиле меѓуетничките теми, сите ние заедно би работеле на развојни теми. XКои X се клучните точки на кои се темели вашата програма за економски развој? Една од главните цели на Движењето БЕСА претставува и создавањето на условите за стимулирање на економскиот раст, фокусирајќи се на задржувањето на макроекономската стабилност. Одржувањето на ниската стапка на инфлација и стабилноста на цените се предуслов за реализација на таква макроекономска стабилност, со што ќе се промовира одржлив економски раст и нашиот фокус на економската агенда. Врз основа на постојаната економска дискриминација на Албанците, како и политичката криза во Македонија, Движењето БЕСА нуди решавање на економската криза врз принципите на правдата и функционалноста на економските и финансиските институции во еден сеопфатен национален интерес. Движењето БЕСА ќе биде ориентирана кон формирање на една

КОНЦЕПТ ЗА ЦЕЛОСНО РЕДЕФИНИРАЊЕ НА ДРЖАВАТА

А

нгажирани сме за целосно редефинирање на државата, кое треба да почне со деетнизација на државата и институциите, преземајќи обоеност и од автохтоноста на Албанците и другите етнички групи во Македонија. Ние сме граѓани на Македонија, вложуваме во оваа држава исто како Македонците, па затоа сакаме да бидеме рамноправни со нив во сите области. Сметаме дека само на овој начин Албанците ќе можат да ја прифатат Македонија за нивна држава и да им веруваат на државните институции. функционална пазарна економија, која ќе му претходи на економскиот развој, развивајќи ги најважните економски сектори во земјата: земјоделството, сточарството, лесната индустрија, градежништвото, енергетиката, туризмот и шумарството, додека ќе реализира и проекти за зајакнување на малите и средните бизниси. nnn



www.kapital.mk

Капитал број 896 / 897 30.12.2016

INTERVIEW 36 СВЕТ разговарал:

Г

Игор Петровски

igor.petrovski@kapital.mk

Имавме прилика да разговараме со Џорџ Вукотич, еден од најискусните американски експерти за развој на стартап акцелератори и инкубатори, во некои од нив и ко - основач и партнер (“1000 Angels“, “1871“...), универзитетски професор, советник и ментор на многу претприемачи.

ЏОРЏ ВУКОТИЧ

АМЕРИКАНСКИ ЕКСПЕРТ ЗА РАЗВОЈ НА СТАРТАП АКЦЕЛЕРАТОРИ И ИНКУБАТОРИ

СТАРТАПИТЕ ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ДА ТРОШАТ НА ПРОДАЖБА, НАМЕСТО НА ТРЧАЊЕ ПО ИНВЕСТИТОРИ!

XГ-не X Вукотич, со оглед на вашето огромно искуство во развивање на стартап екосистемите, што е најголемиот предизвик кога работите со млади претприемачи? Да ги натерам да сфатат дека нивната идеја сама по себе не вреди милиони долари. Многумина млади претприемачи имаат идеја што сакаат да ја развијат без да знаат дали воопшто постои пазар за тоа. Што ќе ви е производ што никој не сака да го купи?! XКога X ќе се спомне зборот “стартап“ во американски контекст, сите некако помислуваме на ИТ, висока технологија и некаков сличен бизнис потфат лоциран во Силиконската долина кој што се труди да стане новиот Facebook или Google. Што во реалноста значи стартап екосистем во САД? Стартапи може да има во многу области, освен високата технологија, која што добива најголем дел од публицитетот. Погледнете само каде сè се случуваат промени – лајфстајл, глобализација, па и политиката, на пример. Тие сите претрпуваат промени, а промените креираат можности. Силиконската долина е најинтересна можеби заради нејзината активност, но многу други подрачја, не само во САД, се своевидни катчиња на иновативноста. Јас на пример, работам во Чикаго, кој што нуди голема разновидност во поглед на бизнис секторите што се развиени овде: технологија, здравство, производство, финансии, итн. Значи, прилично диверзифицирана економија со диверзифицирана популација од цел свет која живее и работи во градот и околината. На пример, после Варшава, Чикаго е вториот град во светот со најмногу Полјаци. XКои X се клучните работи за еден стартап за да привлече инвеститори? Најголемиот проблем е што многу стартапи се фокусираат на барање инвеститори. Наместо тоа, треба да се посветат на продажба. Продажба е она што сакаат да инвеститорите да видат. Почнете да продавате и тие ќе дојдат самите. XНа X светско ниво сè уште постои дебата околу тоа што може да се окарактеризира како стартап. Дали, на пример, локална кафе – книжарница која што има некој иновативен начин на испорака на книги и кафе до своите корисници, се квалификува да биде стартап?

СОВЕТ: ИДЕЈАТА САМА ПО СЕБЕ НЕ ВРЕДИ МИЛИОНИ Д


www.kapital.mk

Капитал број 896 / 897 30.12.2016

37 Тука ја има компонентата на иновативност, иако потенцијалот за експоненцијален раст на продажбата и меѓународна експанзија е дискутабилен... Што мислите вие? Ова е добро прашање. Всушност, постои извесно недоразбирање околу дефиницијата за стартап. Некои велат дека мора да е компанија не постара од 2-3 години, што мора да реши некој проблем на нов начин, и да има потенцијал за голема експанзија. Не се согласувам баш целосно. Многумина зборуваат за тоа “скалирање“ и сметаат дека бизнисот мора да биде скалабилен за да се смета за стартап, но прашањето е во кој обем. Не секој бизнис мора да биде unicorn (да има вредност над една милијарда долари) за да биде сметан за успешен. Споменавте пример на кафе – книжарница. Голем дел од ваквите бизниси се успешни и обезбедуваат добра живеачка за нивните сопственици. Таму каде што живеам јас, има книжарница чија што иновација е секундарна продажба на книги, т.е. корисниците може да ги препродаваат своите користени книги. Книжарницата служи како своевидна “берза“ во процесот и наплаќа симболична провизија за секоја трансакција. Значи, идејата за книжарница сама по себе не е иновативна доволно за да биде стартап, но можеби додадената вредност на “берза“ ја прави стартап. Колку може да скалира, зависи од технологијата. Времето ќе покаже. XПретпоставувам X дека сте запознаен со некои од најистакнатите европски инкубатори, акцелератори, итн. Постои ли голема структурна и функционална разлика помеѓу овој тип на организации во САД и Европа? Прво, би кажал дека инкубаторските и акцелераторските програми се во голем подем, на светско ниво. Дали поврзани со универзитетите или независни сеедно, постои голема потреба за нив и тие придонесоа многу за развојот на стартап еко системите. Многу од нив претставуваат програми поврзани со една локација, но ако го видите успехот на програми од типот на Techstars, која што глобално се рашири, ќе ми ја сфатите поентата. Доколку се добро структурирани инкубаторите и акцелераторите можат да сторат многу за стартап сцената. Додека јас го креирав “1871“, кој што беше препознаен за еден од најдобрите инкубатори во светот своевремено, многу време потрошив да откријам што им треба на членовите и оттаму изградив модел што значеше носење на преку 500 ментори од различни области: стратегија, право, продажба, технологија, итн. Исто така, направивме обемен каталог со часови за обука и работилници, преку 400, за да им помогнеме на членовите да станат поуспешни. Клучниот предизвик во сето ова беше да успееме да ги поврземе оние членови што имаат нешто заедничко меѓу себе или потреби што можат едни на други да задоволат. Сакам да истакнам

дека повеќето ментори во САД го прават менторството без тоа да ги чини нешто стартапите. Ако решат да направат некоја соработка вон инкубаторот, тоа останува на нив, но во формалниот процес нема “продажба“ на услугите. Се работи за едукација и размена на информации. XКој X би бил според вас најефективниот начин Македонија да креира здрав стартап екосистем со оглед на ограниченоста на ресурсите – државни и приватни – за поддршка на иновациите и претприемништвото во моментов? Да не звучи политички, но колку што повеќе владите ги поддржуваат стартапите, толку побрзо може да се изгради екосистем. Со обезбедување потребен простор за работа по ниски цени, како и ментори со потребното знаење и искуство може многу да се постигне. Кога зборуваме за ментори, би сакал следново да го истакнам: во САД на почетокот имавме проблем затоа што инкубаторите, односно локалните или државните власти што ги управуваа инсистираа ментори да бидат пензионирани директори од големите корпорации. Ова се покажа неефективно затоа што стартапите имаат потреба од поинаков тип помош за разлика од владите и она што може да го пружат пензионираните директори. За Македонија мислам дека прво мора да се идентификува сектор/индустрија по која што земјата сака да стане позната. Мора да направите школите да се фокусираат на обука на луѓе за вештините што се потребни за развој на тој сектор и да пронајдете светски пазари каде што може да сте конкурентни. Гледајте на ова од перспектива на иновација, односно како да кренете нешто на повисоко ниво. Ако пробате со пониски трошоци, може да има резултати извесно време, но наскоро и останатите ќе понудат пониски цени. XОбјаснете X ве молам за нашите читатели што значи equityачин на финансирање што сега станува прилично актуелен во развиените економии? Ова е нова област на crowdfunding-от што го знаеме како финансирање идеја или проект преку прибирање на помали суми од голем број на луѓе. Еquity crowdfunding е новина во САД, додека во В. Британија и Австралија го прават веќе 10-тина години. Системот практично му дозволува секому да инвестира во стартап и да стане сопственик на дел од бизнисот, односно на акции. Претходно, само луѓето што имаа многу пари можеа да инвестираат во стартапи, а сега секој може. Во САД во моментов во оваа област има многу компании што губат пари со надеж дека ќе освојат пазарен удел. Мислам дека ова е опасен пристап и многу од овие фирми ќе пропаднат наскоро. Друг предизвик е да се запознае јавноста што значи equity crowdfunding и како може да се профитира од тоа. Потребна е едукација и подигање на свесноста пред да инвестираме на овој начин. nnn

РАЗВИВАМЕ СПЕЦИЈАЛЕН ИНКУБАТОР ЗА СТРАНСКИ ФИРМИ ШТО САКААТ ДА СЕ ПРОБИЈАТ НА АМЕРИКАНСКИОТ ПАЗАР. МАКЕДОНСКИТЕ СЕ ДОБРЕДОЈДЕНИ! XX Каков тип инкубатор е makebiz.us на чиј што развој сте фокусирани во моментов? Во моментов сум преокупиран со поддршка во изградба на специјализирани инкубатори. На многу места сега постојат традиционални инкубатори, но предизвикот е сега што да се прави откако стартапот ќе помине неколку месеци во таков инкубатор. Му треба поспецијализиран тренинг и развој на различни сетови на вештини за да може да расте. Изградба на таков инкубатор што ќе ги “снабди“ компаниите со вештини и конекции за да го рашират својот бизнис е целта на MakeBiz.us. Тоа е едномесечна програма специјално дизајнирана да им помогне на компании од било каде во светот да успеат на американскиот пазар. Од искуство знаеме дека странски бизнис кога ќе дојде во САД троши повеќе од 300 илјади долари и неколку години само за да сфати како функционира пазарот. Ние сакаме да им помогнеме на овие бизниси да заштедат пари и време, и во само еден месец да направат стратегија и да стекнат конекции потребни за ширење на нивниот бизнис. За време на тој месец, компаниите добиваат сè што им треба за да почнат со бизнис во САД: од канцеларија лоцирана во центарот на Чикаго до секојдневни консултации и менторски сесии со експерти од сите бизнис области, како и можности да се презентираат пред инвеститори на Демо настани. Ќе донесеме искусни ментори, како што е Мајк Зафировски, кого што нема потреба посебно да го претставувам пред македонската јавност, потоа Џаи Шекват, човекот што изгради една од најуспешните софтверски компании во Чикаго и ја продаде на SAP, Алан Мети, еден од најпознатите бизнис ангели во Чикаго...и многу други. Инкубаторот е наменет за компании – шампиони во своите национални економии и талентирани претприемачи што се доволно храбри да ги прошират своите бизниси. Од аспект на бизнис секторите, инкубаторот е одлична можност за компании од ИТ секторот, маркетинг, дизајн, финансиски консалтинг, како и тие што имаат производи со потенцијал за извоз на американскиот пазар. Првата група би требало да биде составена од балкански компании што ќе престојуваат во Чикаго од 1 до 30 април.

ДОЛАРИ – ИСПИТАЈТЕ ПРВО ДАЛИ ИМА ПАЗАР ЗА НЕА


20 www.kapital.mk

Капитал број 896 / 897 30.12.2016

38

СВЕТОТ ВО 2017

МАСОВНИ АНТИ-ТРАМП НЕМИРИ ВО САД / ЕВРОПА ПОД ВЛА

СВЕТОТ ЕКСТРЕМНИТЕ С ВО 2017 ВО ГОДИНА ИЗГЛ

К

Кога на крајот на 2015 година, во својот Песимистички водич за светот во 2016, Bloomberg напиша „Обединетото Кралство ја напушта Европската унија“ и „Трамп победува на претседателските избори во САД“, се мислеше дека станува збор за сценарија чија можност да се остварат е толку мала, што најпознатиот бизнис информативен сервис ги навел само како интересни за фантазирање во стилот „што би било кога би било“. Но, во годинава што

завршува се случи и Брегзитот, а и Доналд Трамп стана претседател. Песимистичкиот водич се покажа посоодветен од оној што го покажуваа анкетите и за кој навиваа креаторите на јавното мислење. За идната, 2017 година, Bloomberg, во воведот за Песимистичкиот водич, пишува дека „потенцијалот за хаос е голем“, а од можните точки на „пукање“ кон кои го свртуваат вниманието авторите на водичот, ги издвојуваме следниве. Европејците носат на власт популисти, кои се за зајакнување на границите, за прекин на договорите за слободна трговија, и за раскинување со еврото и со Европската унија Во ова сценарио што би можело да се случи на крилата на победата на Трамп во САД, а што би стартувало со избор на популистички лидер во Холандија, Марин Ле Пен би станала претседател на

Франција и би одржала референдум за напуштање на ЕУ. Во Италија Движењето Пет ѕвезди, на Бепе Грило, би дошло на власт преку вонредни избори, по што би следел референдум за враќање на лирата. Сегашната германска канцеларка, Ангела Меркел, би ги загубила изборите во Германија, а во Обединетото Кралство, на местото на Тереза Меј би дошол радикал откако преговорите за Брегзитот би отишле во несакан правец. Во источна, пак, Европа, Чешка под власт на десничари би се зближила со Русија и следствено би одржала референдум за членството во НАТО. Во сенката на Фрегзитот (изведенка од Брегзит, за евентуалното напуштање на Франција на ЕУ), би паднал Шенгенскиот систем на граници. Грција, според ова од „најцрните“ Bloomberg сценарија, одново би западнала во криза, но овој пат би останала без помош од другите во Унијата.

ТРАМП: ОД НЕГОВИТЕ ПОТЕЗИ ДИРЕКТНО ИЛИ ИНДИР


017 www.kapital.mk

Капитал број 896 / 897 30.12.2016

39

АСТ НА ПОПУЛИСТИ / БРЕГЗИТ СЕ ПРЕТВОРА ВО БРИМЕИН...

СЦЕНАРИЈА ОД ГОДИНА ГЛЕДААТ СÈ ПОВЕРОЈАТНИ Популистите и националистите ја преземаат Европа со сите очекувани последици; сериозни немири во САД предизвикани од широко и масовно анти-Трамп движење; лидерите на ЕУ под притисок на подемот на глобалниот популизам Брегзитот го претвораат само во маска за одлуката на Британците која всушност не се спроведува ... Ова се некои од песимистичките очекувања за 2017 година, чија веројатност да се случат ја зголемува тоа што предвидувањата на Bloomberg од крајот на 2015, а за годинава во изминување - дека Трамп ќе стане претседател на САД и оти Британците ќе гласаат за напуштање на ЕУ, тогаш со општ консензус беа отфрлени како речиси неверојатни Еврото би било во слободен пад откако би ја снемало политичката поддршка што го одржувала во тек на должничката криза 2009-2012.

Trumplandia и Calexit

Во ова сценарио на Bloomberg, на Доналд Трамп му расте популарноста во

првите седмици од владеењето, додека охрабрениот Конгрес под контрола на републиканците изгласува фискален стимул. Но, нов бран протести (против Трамп) би се јавил по инаугурацијата, кога новиот претседател би потпишал извршни наредби со кои се поништува наследството на Барак Обама.

Во ваков случај се предвидува дека би се појавило движење во кое заедно би биле студентите, припадници на движењата „Црните животи се битни“ (Black Lives Matter) и (поранешни припадници) на „Окупирај го Волстрит“ (Occupy Wall Street), и анархистите. Тогаш Трамп би се обидел да воведе вонредни мерки и полициски

РЕКТНО ЗАВИСАТ РЕЧИСИ СИТЕ ГЛОБАЛНИ СЦЕНАРИЈА


www.kapital.mk

Капитал број 896 / 897 30.12.2016

40

СВЕТОТ ВО 2017

часови во најголемите градови. Калифорнија би се претворила во центар на отпорот кон Трамп, а ова движење некои веќе го нарекуваат Калегзит (Calexit). Оваа сојузна држава би го отфрлила укинувањето на прописите за заштита на животната средина. Милијардери од видот на Илон Маск и на Шерил Сендберг, се очекува дека во ваков случај би подготвувале прогресивен сојуз против Трамп за 2020 година. Сите овие настани не би можеле да останат без лош одек, односно без длабока поделба во екипата на Трамп - републиканците би се поделиле на две групи, а членовите на владата на Трамп би се свртеле едни против други. Акциите на банките, на компаниите од металопреработувачката индустрија и од бизнисот со обезбедување би растеле во првите месеци од ерата на Трамп. Но, потоа би дошло до издишување на трамповиот балон и до раст на трезорските записи. Акциите на Google, на Facebook и на Apple би паднале, додека би се влошувал судирот меѓу Трамп и милијардерите од Калифорнија.

Економска војна меѓу САД и Кина

Би можела да почне откако американскиот претседател Доналд Трамп на Twitter би објавил дека ќе ја прогласи Кина за манипулатор на вредноста на валутата, по што би вовел казна за Пекинг, во смисла на високи царини на увозот од Кина во САД. Раководството на најнаселената држава би можело да одговори со девалвација на јуанот, откажување на нарачките од Boeing, и блокирање на продажбата на iPhone. Како што изминува годината, властите во Пекинг би биле поделени околу тоа како да ја заживеат економијата веќе оптоварена со долг, додека вниманието им го одвлекуваат политичките игри пред реорганизацијата на Главниот одбор на Комунистичката партија во ноември. Кина, според ова сценарио, потоа би паднала во најдлабока рецесија во модерната ера. Во очекување на царините на Трамп, акциите ориентирани на американскиот пазар би растеле, додека во Азија би дошло до валутна криза и до рецесија.

Трамп „кумува“ на поделбата на сфери на влијанија меѓу Путин и Меркел

Под името Јалта 2.0, Bloomberg пишува за сценарио што се потпира на изолационизмот на Трамп и на агресивноста на рускиот претседател Владимир Путин, што би ја присилиле Ангела Меркел да направи тежок избор: да изгради европска армија против Русија; или да го земе предвид советот на Трамп и да се договори со Путин околу сферите на влијание во источна Европа. Тогаш рускиот претседател би ги повлекол своите хакери и борбени авиони, и би се сложил да престане да се меша во работите на САД и на ЕУ. За возврат, предвидува сценариото, Меркел и Трамп би ги признале руските интереси во Украина, во Белорусија и во Сирија. Во очите на Путин, ова би значело дека 26 години после колапсот на Советскиот Сојуз, рускиот престиж е обновен. Тој, во вакви услови, конечно би почнал отворено да зборува за свое пензионирање, по уште еден, последен претседателски мандат. Понатаму, вредноста на рубљата би растела како што Русија би се враќала на светскиот пазар. А акциите на компаниите што произведуваат оружје би паднале, поради откажувањето на наоружувањето на Европа против Русија.

Не се малку неговите противници. Во случај доволно да ги испровоцира раскрстувајќи со наследството на Обама, во САД може да се стигне до вонредна состојба и полициски часови во поголемите градови Анкетите во Франција им даваат предност на Фијон и на Макрон пред Марин Ле Пен, но, и Хилари беше безмалку сигурен победник ден пред изборите во САД. Песимистичкото сценарио предвидува лидерката на Националниот фронт да стане претседател на Франција и да организира референдум за напуштање на ЕУ Подемот на глобалниот популизам, гледано од двете страни на Атлантикот, би ги дисциплинирал лидерите на ЕУ да заземат покооперативна позиција кон Велика Британија

Bremain наместо Brexit за да се запре подемот на популизмот?

И Saxo Bank има свои „црни“ или помалку „црни“ видувања за она што може да се случува во 2017 година. Истите не треба да се разгледуваат како официјални пазарни прогнози на Saxo, туку како случувања/ движења на пазарот, сметани за екстремни и вонредни, со огромен потенцијал да го претворат во прав консензусот на гледиштата околу она што е најверојатно дека ќе се случува нареднава година.

Брегзитот всушност нема да се случи

Брегзитот всушност ќе го нема, а Велика Британија ќе направи Bremain (игра на зборови, создадена од Britain и од remain (останувам)), вели ова сценарио. Подемот на глобалниот популизам, гледано од двете страни на Атлантикот, би ги дисциплинирал лидерите на ЕУ да заземат покооперативна позиција кон Велика Британија. Како напредуваат преговорите, ЕУ би правела важни отстапки во однос на имиграцијата и на правата на компаниите што нудат финансиски услуги, а се базирани во Велика Британија, за работа во Европска економска област. И додека се чека членот 50 да биде активиран и ставен пред Парламентот, тој би бил отфрлен во корист на новиот договор. Велика Британија вака би била задржана во орбитата на ЕУ; Банката на Англија би ги подигнала каматните стапки на 0,5%, а односот на еврото и на британската

BLOOMBERG: ВО 2017 СВЕТОТ ВЛЕГУВА СО ГОЛЕМ ПОТЕНЦИЈАЛ ЗА ХАОС



Капитал број 896 / 897 30.12.2016

42

www.kapital.mk

СВЕТОТ ВО 2017

фунта би паднал на 0,7300, повикувајќи ја симболиката од 1973 година, кога Велика Британија пристапила кон Европската економска заедница.

Политиките на Трамп ќе ја утројат вредноста на биткоинот

Ова сценарио предвидува дека за време на претседателството на Трамп, фискалните расходи на САД ќе го зголемат буџетскиот дефицит на државата од 600 милијарди долари, до 1,2-1,8 илјади милијарди. Ова би предизвикало раст во САД и зголемување на инфлацијата, што би ги натерало Федералните резерви да го забрзаат зголемувањето на каматните стапки и доларот би достигнал нови врвови. Тоа би предизвикало домино ефект на пазарите во развој, особено во Кина, која тогаш ќе почне да бара алтернативи во валути и платежни системи што не се врзани за централни банки, со кои не доминира американскиот долар и не се потпираат на американската монетарна политика. Тоа би придонело за зголемување на популарноста на криптовалутите, од што најмногу корист ќе има најпознатата, биткоинот. Со насочувањето на банкарските системи и на државните обврзници на Русија и на Кина издадени во странство, кон прифаќањето на биткоинот како алтернатива за американскиот долар, биткоинот би си ја утроил вредноста, од сегашните 700, на 2.100 долари.

„Година за реосмислување на Европа“

Од следнава година инвеститорите имаат позитивни очекувања поради плановите на американскиот претседател за намалување на даноците, за дерегулација, за економски стимули. Но, овие очекувања секако ја подразбираат резервата поврзана со серијата непредвидливи избори во Европа, тешките преговори за Брегзит, можната нова криза со еврото предизвикана од

Градиш куќа Автоматизирај го греењето ладењето осветлувањето и управувај ги директно од твојот телефон или таблет

Прочитај повеќе на

ХАС Инженеринг

Во сценариото што ги подразбира изолационизмот на Трамп и агресивноста на Путин, канцеларката Меркел треба да направи тежок избор: да изгради европска армија против Русија, или да го земе предвид советот на Трамп и да се договори со Путин околу сферите на влијание во источна Европа

Грција или од италијанските банки; или пак драматични промени во Вашингтон ... „Ова би можело да биде година за преосмислување на Европа“, смета главниот економист на ING Bank, Карстен Бжески, при што мисли на опасноста Европа да ја „потопи“ бранот од популизам (на споменатата серија избори) и така да го премоделира европскиот политички пејзаж. А во меѓувреме, економијата не еврозоната, што обединува 19 држави-членки на ЕУ, во 2017 година навлегува со стабилна основа. „Економијата на еврозоната оди во правилна насока“, коментира економистот од германска Commerzbank, Кристоф Вајл. Невработеноста падна до седумгодишниот минимум, а бизнис активноста порасна со најбрзо темпо за оваа година во последното тримесечие, според индексот на менаџерите за нарачки (PMI) за декември. Аналитичарите, сепак, прогнозираат дека во тек на следната година пазарите ќе се соочуваат со повисоки каматни стапки во САД, каде Управата за федерални резерви се обидува да го стави под контрола очекуваниот инфлациски притисок, предизвикан од плановите на Трамп за даночни намалувања во износ од 5,7 илјади милијарди долари и инфраструктурна програма од една илјада милијарди. Бжески стравува и дека, на крајот, 2017 може да се покаже „уште една година на чекање и пропуштени можности“ за Европа со влади принудени да прават компромиси по клучни прашања како развојот на инфраструктурата, фискалната реформа и европската интеграција, на фонот на големите предизвици. Трамп, исто така, носи ризик од голем стрес ако навистина ја доведе во прашање улогата на САД во НАТО. Ран тест за тоа како новите односи на Европа и на САД можат да се развиваат во текот на 2017 година, ќе даде германското раководење со Групата дваесет водечки економии (Г-20). Владата на канцеларката Ангела Меркел веќе има дневен ред за Г-20, со акцент на глобалната трговија и целите поврзани со климатски промени, надевајќи се, исто така, да ја тргне заканата од подемот на популизмот и национализмот. „Се менува светот околу Меркел“, вели аналитичарот во Германскиот институт за меѓународни односи, Хериберт Дитер. „Ќе биде многу тешка година. Пред Меркел се проблеми речиси од секој аспект на меѓународните односи - Брегзит, Италија, САД, а дури и Грција би можела да се повтори“, смета Дитер. Како опција за да биде обновено чувството на стабилност во срцето на Европа, аналитичарите ја гледаат евентуалната победа на Меркел на изборите во Германија, и на Франсоа Фијон во Франција, со што одново би се активирало француско-германското партнерство како движечка сила што стои зад европскиот проект. Оптимизам, во контекстот, доаѓа од анкетите што во Франција му даваат предност на кандидатот на конзервативците, Фијон, во однос на Марин Ле Пен од Националниот фронт (според најновите анкети поранешниот министер Емануел Макрон за првпат го надмина по популарност Фијон), а во Германија ја фаворизираат Меркел за изборите во септември. nnn


www.kapital.mk

ХОТЕЛ И БИЗНИС ЦЕНТАР

ЕЛИТ ПЛАЗА

Капитал број 896 / 897 30.12.2016

PR

43

ЕЛИТ ПЛАЗА ХОТЕЛ И БИЗНИС ЦЕНТАР е лоциран во срцето на Скопје, ( зад Универзалната сала ). Самата местоположба на хотелот Ви овозможува достапност до сите значајни компании и културни случувања во главниот град.

l Хотел Елит Плаза располага со следните сектори: хотел, ресторан и пура бар, конференциска сала, катна гаража, Спа и фитнес центар. l Хотелот располага со 19 соби од кои еден делукс апартман, 8 еднокреветни соби, 7 двокреветни соби и 3 трокреветни соби. Сите соби се опремени со: минибар, дирекна телефонска линија, ЛЦД телевизори, кабелска телевизија со 64 канали, безжичен интернет, фен, сеф, климатизација... l Паркингот е од затворен тип, вклучен во престојот и достапен 24 часа.

l Во рамките на хотелот функционира фитнес и спа центар уреден по светски стандарди во кој спаѓаат парна бања, инфраред и финска сауна, џакузи како и целосно опремена соба за масажа. Фитнес центарот е опремен со професионална фитнес опрема. l Конференциската сала располага со професионална опрема, техничка можност за варијации во стилот на презентирање и комуникација, просторија за приватни состаноци и голема бизнис сала.

Во туризмот и угостителството од големо значење е да се следат светските трендови за хотелско работење. Тоа пред се значи достоинствено и отмено пречекување на гостите, хигиената и разновидната понуда која ја нуди хотелот. Целиот асортиман на услуги во пакет со високопрофесионалниот тим придонесува задоволни погледи од страна на гостите и желби за повторна посета на нашиот хотел.


Капитал број 896 / 897 30.12.2016

www.kapital.mk

МОЖЕ ЛИ ЗЛОТО ОСТАВЕНО ВО НЕГОВО 44 СВЕТ НАСЛЕДСТВО ВООПШТО ДА БИДЕ ПОБЕДЕНО?

ХИТЛЕР ТОГАШ И МНОГУТЕ ХИТЛЕРИ

ДЕНЕС БИ ГО УБИЛЕ ЛИ БЕБЕТО ХИТЛЕР? На анкетата на „Њујорк Тајмс“ на прашањето „Дали би го убиле бебето Хитлер?“ дури 42 % одговорија со „да“, 30 % со „не“, а 28 % не беа сигурни. Овие страшни бројки помеѓу прогресивните читателски умови на овој сериозен и интелектуален весник ги отворија прашањата дали фашизмот постои во мнозинството од нас, а единствено се менува „непријателот“ што тој си го има замислено.

ТРЕНД: ВЛЕГУВАМЕ ВО ЕРА ВО КОЈА ДИКТАТОРИТЕ


www.kapital.mk

Капитал број 896 / 897 30.12.2016

Во специјална едиција на 90 страници Њузвик неодамна објави ексклузивни детали од животот на лидерот чијашто политичка кариера стана синоним за злобата вкоренета во човековата природа. Штетата што таа злоба ја предизвикува, ако и се даде можност да се дограба до власт, не се мери само во 60-те милиони загинати (во тоа време таа бројка е 3 % од вкупното светско население) и двојно повеќе повредени во Втората светска војна - далеку повеќе ужаснува фактот што победата врз идеите пласирани од овој човек и неговите следбеници се чини беше само моментална, таа не даде гаранција дека тој и неговата мисла нема никогаш повеќе да ни се повторат. Напротив, седумдесетина година подоцна, се почесто сведочиме дека не само што тој е „жив“, туку жива му е и мисијата. Како таа штета да биде санирана и дали децата – плодови на неговата љубов со деструкцијата некогаш ќе бидат победени – на таа дилема слободниот свет се уште нема одговор. Инспирирани токму од едицијата на колегите во Њузвик, решивме да направиме една анализа – преку нови и подзаборавени детали од животот на Хитлер и политиките што тој ги пласирал, до заклучоци за актуелните политички состојби на оживување на фашизмот во Македонија, на Балканот, во Европа и за жал во целиот свет.

45

пишува:

Катерина Синадиновска

С

katerina.sinadinovska@kapital.mk

Српскиот писател Филип Давид, во своето ремек дело „Куќа на сеќавањата и заборавот“ посветена на фашизмот ја провлекува идејата дека модерниот свет прави сериозна грешка со дефинирањето на злото како митска или религиска категорија, како нешто апстрактно, некоја црна магија којашто не постои и не може да ти наштети ако не веруваш во неа. Тој тврди дека злото е реално, честопати и сосема материјално, не исклучувајќи ја тезата дека е диктирано од „повисоки сили“ или господари на Универзумот, во којшто тој инсистира да се верува. Давид е Евреин, па оттука неговиот флерт со натприродното треба и може да се разбере и без да се изгуби фокусот од реалноста денес, од политичките состојби коишто застрашуваат оти на сцена ја враќаат најпогубната политичка идеологија за човештвото- таа на фашистите. Во поблага или посилна форма нејзините идеи ги гледаме кај нас, на Балканот, во Европа и на изненадување на многумина дури и во САД. Мисијата на Хитлер можеше да заврши со пораз пред 70 години, но сенката од злочините изведени под негова палка виси над целото човештво и денеска. Зошто е тоа така? „Тој ја искомбинира глобалната агресија со геноцид и злодела против човештвото и успеа

да направи таканаречен коктел на злото“ вели Дејвид Шефер, поранешен американски дипломат. Како ниеден тиранин претходно тој останува да биде присутен меѓу сите нас коишто сме дел од модерниот свет. Доволен е само еден поглед на насловите во светскиот печат за да се сфати дека методите на неговата бруталност се актуелни и применувани и од денешниве тирани на кои токму Хитлер им е идол.

Старата дама ја извади од орманот фашистичката облека

Да се прогнозира развојот на глобалната политичка сцена во годината што следува изгледа ѓаволски тешко дури и за најдобрите политички аналитичари – настаните коишто се чинеа невозможни во минатото во 2016та се остварија – Британија ја напушти ЕУ, а Американците за свој претседател избраа милјардер, поранешна телевизиска ѕвезда од реално шоу и човек којшто многумина го сметаа за политички шарлатан. Влегуваме во ера во којашто диктаторите не се веќе феномен карактеристичен за таму некои си далечни земји и слаби економии. Но, со ред... Политичките трендови на стариот континент во последните години ги загрижуваат слободарските умови. Како е можно Европа, на чиешто тло се роди и косеше фашизмот да заборавила колкава штета тој нанесе на нејзините граѓани!? Седумдесетина години подоцна во многу европски држави се посилна е идејата дека токму оваа политичка идеологија е единствената исправна, особено во времиња во коишто се чини дека стравот од економска несигурност, светските потреси и војните на Блискиот исток е посилен од стравот од смртта на демократијата и слободата. Токму зад маскатата дека нудат решение за овие стравови денешниве модерни Хитлери ги придобиваат

Е НЕ СЕ ВЕЌЕ ФЕНОМЕН ЗА НЕКОИ ДАЛЕЧНИ ЗЕМЈИ


www.kapital.mk

Капитал број 896 / 897 30.12.2016

46

СВЕТ

гласачите отворајќи ги повторно старите теми за националната свест, националното чувство, супериорноста на народот, изолираноста од светските текови, самодоволноста и повиците за борба со секаков надворешен и внатрешен непријател. Таман се веруваше дека процесите на глобализација ги закопаа ваквите идеи, тие повторно изникнаа и стануваат се чини поживи од кога било. Полска, Унгарија, Данска, Велика Британија, Франција, Италија, Словачка, Австрија – во сите овие држави се забележува силен пораст на поддржувачите на крајно десните или националистичките политички движења коишто веројатно само светлината од ѕвездите на европското знаме се уште ги држи во граници во коишто не можеме да ги дефинираме како - до крај фашистички. Но, трендот е поразителен, дури и таму каде што успева да се изгради слободарско мнозинство. На последните претседателски избори во Австрија победи независниот кандидат Александар ван дер Белен, поразувајќи го кандидатот на крајната десница Норберт Хофер, чијашто кампања се темелеше на ветувања за затворање на границите за бегалците и излез на Австрија од ЕУ. Оваа вест дојде како лек на рана за сите загрижени од претходните текови низ европските држави во коишто социјалдемократијата и либерализмот се поттиснати на сметка на власта што ја имаат десните партии, но само ден потоа падна социјал-демократската Влада во Италија на Марио Ренци. Политичката нестабилност во Италија и самата можност за популистите да дојдат на власт ја наметнуваат темата за можен референдум за излез на Италија од ЕУ и/или еврозоната. Фактот што поддржувачите на ваквите до скоро маргинални политики се бројат во стотици милиони е силен пораз за целиот модерен свет. „Успехот на Брегзит преставува недвосмислен симбол на бавната смрт во којашто тонат земјите што губат верба во себе, се одрекуваат од рационалноста и почнуваат да веруваат во вештерки и манипулации и самозалажувања. Најглупаво од тие верувања е национализмот. Извор на најголемите несреќи коишто Западот ги доживеа во текот на својата историја, размавтан како некој примитивен шаман којшто френетично танцува и го испива горкиот еликсир“ вели Нобеловецот Марио Варгас Љуси во својата последна колумна за српски „Недељник“. „Сега фали уште само Мари ле Пен да победи во Франција“ вели тој. Но, очите не се вперени само кон француското општество. Полската десничарска Влада со своите антимигрантски политики и политики против абортусот, затегнувањето на ременот околу невладините организации, зголемената контрола врз печатот и демократската свест редовно провоцира протести на незадоволни граѓани коишто не можат да се помират дека во една слободарска и храбра Полска сега владеат

ТУКА Е РОДЕН “ЅВЕРОТ“

Детали од детството што го обликува тиранинот – отсуство на татковска љубов и срушена кариера од соништата

Р

оден е на 20 -ти април, 1989 година вo Браунау, Австрија од мајка му Клара Позл – трета сопруга на таткото Алоис Хитлер, царински инспектор. Таткото бил исклучително тежок човек, насилник, алкохоличар, а синот го воспитувал со железна дисциплина која вклучувала многу ќотек (и за него и за мајката), а малку или воопшто татковска љубов. И покрај ваквата атмосфера во домот, Хитлер го опишуваат како интелигентен и одличен ученик, посветен на читањето и цртањето. Токму љубовта кон сликарството во него всадува идеја да стане познат сликар, идеја што татко му сака да му ја извади од главата и да го натера да биде државен службеник како него. Таткото нема да му пречи уште долго на малиот Адолф – на 3 јануари, 1903та тој ненадејно умира, а Адолф продолжува да си го следи сонот за уметност. Младиот Хитлер има уште еден сон – љубовта на Стефани Јанстен – девојка со којашто бил опседнат иако никогаш во животот не прозборел оти овој човек што подоцна ќе води една крвава армија, нејзе немал храброст воопшто да и пријде. Овие детали ги открива еден од неговите пријатели од детството – Август Кјубизек, којшто постфашистички ја објавува книгата „Младиот Хитлер што јас го познавав“. Наместо да се обиде да се запознае со неа, тој на пријателот му раскажувал дека животен сон му е заедно со неа да извршат самоубиство во знак на нивната љубов – сон што подоцна ќе му се исполни, иако за среќа на Стефани, со сосема друга жена. Кога Хитлер подоцна оди во Виена во обид да се запише на Академијата за фини уметности не успева оти му велат дека не е доволно талентиран. Мајката на Хитлер во меѓувреме заболува од рак, и и покрај третманите и силната грижа од синот (тој бил многу поврзан со неа) таа набрзо умира, а Адолф по втор пат се обидува да се запише на Академијата и по втор пат не го примаат... Во 1913-та се сели во Минхен каде што се приклучува кон германската армија, а подоцна и кон Германската работничка партија – десно ориентирана политичка сила којашто е претходник на Нацистите. Тука и врз таа платформа неуспешниот сликар решава дека ќе стане голем светски лидер... За разлика од сликарството, овој сон за жал на целото човешто – му успева.

луѓе – еднакви на тие што во четириесетите години ја окупираа и уништија.

Вирус и отаде океанот

Ноември донесе уште еден пораз за слободниот свет– на претседателските избори во САД– симболот на светската демократија победи Доналд Трамп. Трамп целата своја кампања ја темелеше врз ветувања нетипични за векот во којшто живееме и за навидум прогресивниот американски ум – ветуваше изолација, борба со неистомисленици, запирање

на научните истражувања, градење на ѕидови, соработка со светски прочуени диктатори. Токму затоа на почетокот овој кандидат изгледаше сосема неопасно и наивно, ретко кој очекуваше дека ваква реторика може да го освои американскиот гласач. Неговата победа, поддршката од 60 милиони Американци го отвори прашањето како овој вирус на фашизмот стигнал до Америка и како неговиот триумф ќе влијае врз целиот свет. На изборот на Трамп најмногу се чини ракоплескаше Москва. Буквално. Пратениците

ЉУСИ: ФАЛИ УШТЕ МАРИ ЛЕ ПЕН ДА ПОБЕДИ ВО ФРАНЦИЈА



www.kapital.mk

Капитал број 896 / 897 30.12.2016

48

СВЕТ

Б

МАРИО ВАРГАС ЉОСА

перуански писател, новинар и нобеловец

регзит и Доналд Трамп, како и Франција и нејзиниот Национален фронт говорат дека Западот, индустриската револуција, големите научни откритија, човековите права, слободата на говор, слободните избори и орвореното општество коишто во минатото беа пионери на светот сега губат, а некаде и изгубија предност.

С

Б

ХЕРФРИД МИНКЛЕР

професор по политички теории на Хумболд Универзитетот во Берлин

во Државната дума на 9-ти ноември со громогласен аплауз ја дочекаа веста дека Хилари Клинтон ги изгуби изборите, а Владимир Путин е првиот светски лидер којшто телефонираше кај Трамп и му ја честита победата. Светскиот печат пишува дека Трамп дури и има и свои лични конекции со Русија – уште од 1987 има желба да изгради кула (како Трамп Тауер во Њујорк) во Москва, таму планирал да организира избор на Мис на Универзумот, дел од неговите советници се и тоа како поврзани со Русија – главниот советник во неговата кампања Мајкл Капуто ја има работено кампањата на поранешниот претседател Борис Јелцин, заедно со компанијата „Дринкс Америкас“ во 2005та има лансирано вотка наречена „Трамп“ која можете да замислите најмногу се продава во Русија, не во САД и конечно – најголем дел од купувачите на неговите недвижности се токму Руси, што значи тука е вклучен и бизнис интересот. Како ќе развиваат руско-американските односи во оваа нова ера останува сепак да се види. Професорот по политички теории на Универзитетот Хумболд во Берлин, Херфрид Минклер вели дека Доналд Трамп заслужува своја посебна категоризација и диференцијација од останатите набројани автократи. Според него нео-изолационистичките елементи во неговата политика брзо ќе бидат омекнати, па дури и ревидирани, но тоа нема да ја запре дисторзијата којашто е веќе предизвикана, имајќи предвид дека се работи за една оргомна светска супер-сила чиишто внатрешни политички случувања имаат влијание низ целата планета.

На Балканот лесно се продаваат приказни за национална големина на луѓе со празен стомак

А Македонија е демократски и млада и нестабилна. Исклучително е интересно да се набљудува како кај нас се слават победите на Трамп или се величаат

изнисмените честопати мислат дека ќе останат недопрени од изборните резултати и смената на политичарите, но во автократските режими коишто се повторно на сцена благодарение на ликови како Путин, Ердоган или Трамп политичките текови и тоа како го допираат реалниот бизнис не само поради внатрешните прилики, туку и поради надворешната политика и надворешноекономските релации.

ТЕОФИЛ ПАНЧИЌ новинар

е додека левицата ги прикажува разноразните „Федел Кастровци“ како единствена алтернатива на постоечките диктатори, светот се повеќе ќе се „трампеизира“. Исчитав десетина емотивни некролози по глобалните медиуми посветени на Фидел и се фрапирав колку било широко ожалостеното „семејство“. Низ цел свет по него плачеа и либерали и борци за слобода.

Не заборавјате дека се што Хитлер направи беше легално. МАРТИН ЛУТЕР КИНГ

Како беше избран Хитлер во германскиот парламент?

П

олитичкиот статус на диктатор на Хитлер тој не го доби на сила, туку му беше даден токму во домот на германската демократија – Рајстагот, на една од најзначајните седници во германската историја. Германските пратеници многу добро знаеја што прават и можеби затоа се помина експресно и ефикасно. Ноќта пред гласањето Наци –движењето со посети по домовите и тет-а тет средби им дало до знаење што може да очекуваат и тие и нивните семејства доколку не гласаат „за“. Актот со којшто Парламентот му дава неограничена политичка моќ на Хитлер претворајќи го канцеларот во диктатор, поминува со 441 глас „за“ наспроти 94 „против“. Против гласаат единствено социјалистите, воздржани нема, а комунистите не се присутни на седницата- дел се веќе по затвори, дел разбегани, Ноќта на гласањето пред Рајстагот се собрани илијадници поддржувачи и наци –гласачи коишто врескаат : Гласајте „за“, гласајте „за“ инаку ќе има оган, ќе вадиме ножеви“. Британците коишто гласаа за излез од ЕУ од една страна, а од друга на сите анкети определбата на граѓаните за влез на државата и во Европската Унија и во НАТО е над 70 %. Парадокс што сепак има свое објаснување. Во држава во којашто една иста и десна партија владее(ше) десет години лесно беше да се разбудат или одгледаат, а потоа и да се пуштат од ланец фашистичките кучиња коишто не би можеле да преживеат на пример во една либерална средина. Денеска, Македонија не е исклучок од светските текови. На неодамнешните избори мнозинството граѓани гласаа за европски, демократски, либерални и

модерни политики, но фашистичките идеи се се поприсутни, а она што застрашува е фактот што дури и лидери на политички партии (меѓу кои и довчерашниот премиер Никола Груевски со поддршка од над 400 000 гласачи) газат по тенка жица флертувајќи со електоратот преку реторика полна со изолационистички, ксенфобични и националистички елементи. На тој начин, наместо да се сузбијат ваквите идеи и да се неутрализираат нивните поддржувачи, само им се засилува ветарот во нивните едра. Во така мала држава, со исклучително скромна економија и крајно сиромашно образование ова

САД: НА ИЗБОРОТ НА ТРАМП НАЈМНОГУ РАКОПЛЕСКАШЕ МОСКВА



www.kapital.mk

Капитал број 896 / 897 30.12.2016

50

СВЕТ

О

на што можеби најмногу загрижува при анализите за порастот на автократските тенденции во светот е фактот што денес, за разлика од Втората светска војна, Русија денеска без разлика дали се работи за почитувањето на човековите права, демократски процеси или слободата на говор, дава некаде скриена, некаде најотворена поддршка токму на малите или големи диктатори, особено во Европа и на Балканот. Играјќи на различни карти (некаде историска блискост, некаде религија, некаде едниставно антизападен систем на вредности), Русија ги поттикнува заколнатите противници на модерниот западен свет на давање на слепа поддршка на нивните лидери да oтсапат од евроатлантските процеси на сметка на некаква (а никој не знае каква) соработка со Москва. Иронијата да биде најголема, речиси сите овие држави и државички се максимално економски зависни токму од западните држави па патот кон исток изгледа крајно нереален. може да биде многу опасно. Дополнително, ако се земе предвид фактот дека такви тенденции се забележуваат и во соседството. Србија, Бугарија, Хрватска – никој не е имун. Професорот на Академијата за млади дипломати во Варшава, Полска, Јан Пиекло којшто своевремено како нови-нар има известувано од балканските војни при распадот на Југославија за „Капитал“ вели дека Балканот е силно чувствителен на ваквите текови. Тука се работи за мали сиромашни држави, а лесно е да продаваш приказни за национална големина на луѓе со празен стомак, вели тој. Друг проблем, паралелен со сиромаштијата што е лесно подложна на корупција, е несоодветното образование и согласно тоа – моралниот пад на интелектуалната елита. Во балканските земји исклучително е карактеристично што голем дел од професорите, лекарите, архитектите, јавните личности лесно се „продаваат“ на страната на авторитарните власти и уште полесно ги забораваат стандардите или заклетвите во својата професија. Во легендарниот американски филм-драма „Пресудата од Нирнберг“ (1961) на Стенли Крамер еден од главните ликови е судија осуден на доживотен затвор поради злоупотреба на својата позиција и соработка со Хитлеровиот режим. Судијата праќал невини луѓе в затвор, на кастрација или на бесилка, носел политички диктирани одлуки и уништувал цели судбини на политичките противници на Хитлер. Филмот завршува со реплика помеѓу него и судијата што нему му пресудува. Судијата-нацист се колне дека никогаш не помислил дека се работи за милиони мртви по концентрационите логори, секогаш мислел дека бројката е многу помала. На тоа, добива одговор: „А што менува бројката? Во првиот момент кога само еден единствен невин човек ти прати во затвор или во смрт, ти веќе одлучи на која страна ќе бидеш.“ nnn

Душан Петричиќ за Нин

Далеку е 1945та – Русија сега не е сојузник на либералниот свет

Политичарката којашто велеше дека мултикултурализмот во Ервопа е мртов, Ангела Меркел неколку години подоцна се покажа како клучен фактор во обидите да се надмине политичката криза во Европа, преку цврсто држење до европските вредности – првенствено правото на слободно движење (Германија прими најмногу бегалци). Не треба да се заборави фактот дека во нејзината Влада сепак се и германските социјалисти - Германија нема чисто десничарска власт. Колку би било опасно ако таму надвладее десниот популизам не треба ни да се зборува. Терористичкиот напад којшто се случи на Божиќниот маркет во Берлин неодамна само ги засили тие стравови. Историјата е повторно иронична – државата којашто пред седумдесет години го „изроди“ Хитлер сега е главен водач во битката против растот на европскиот фашизам и останува столб на ЕУ“.

КАКО ПРОПАДНА ХИТЛЕР?

ПРЕЦЕНУВАЊЕ НА СВОЈАТА МОЌ И ПОТЦЕНУВАЊЕ НА НЕПРИЈАТЕЛОТ

Н

е е непознат фактот дека диктаторите и фашистите во борбата да му ги скратат на народот информациите и вистината, на крајот самите живеат во нереален свет со ирационални проценки за сопствената позиција на геополитичката мапа. Нападот на Русија и објавувањето на војна на САД, се сметаат за клучни грешки во фиреровата политика. Тиранинот опседнат со својата моќ, сметал дека руската армија ќе биде победена доколку биде нападната наеднаш и силно, а дека држава како Америка, конгломерат на толку многу народи и различности (нешто што во неговата глава е крајно неприфатливо) воопшто не ни може да има добра армија. Историјата покажува дека Хитлер немал идеја за реалната состојба ни кај него дома, ни надвор во светот. Тој не успеа да завладее со светот, ниту да ги „исчисти’ Евреите, Ромите, хомосексуалците или политичките неистомисленици, но успеа да предизвика страотна војна со милиони мртви и да отвори пандорина кутија со најдлабоките човечки фрустрации, злоба и деструктивни емоции – нешто што и ден денеска носи трауми за целото човештво и од коешто нејасно е дали некогаш ќе се излечиме. Хитлер не стана ниту сликар, ниту светски господар. Нему му успеа само еден детски сон – да умре заедно со саканата жена одземајќи си го животот.



РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ: 12 ЈАНУАРИ 2017

ИНСТИТУТ КОНЦЕПТ ОРГАНИЗИРА ЕДНОДНЕВЕН ТРЕНИНГ НА ТЕМА:

КОТИРАЈТЕ ВИСОКО ВО САЈБЕР ПРОСТОРОТ ПРЕКУ SEO – SEARCH ENGINE OPTIMIZATION l 16 јануари 2017 година (понеделник) l 10:00-16:00 часот Институт Концепт, Скопје

Што правиме кога сакаме да пронајдеме нешто на интернет? Го отвораме интернет пребарувачот (Google, Yahoo, Bing) и го впишуваме посакуваниот поим или клучниот збор за кои излегуваат веб страници кои се соодветни на бараните термини. Понатаму ги разгледуваме веб страниците, производите и услугите кои ги нудат, споредуваме цени, ги контактираме компаниите за дополнителни информации и слично. Дали знаете дека токму тие клучни зборови можат да бидат пресудни за зголемен обем на работа и заработка на компаниите. Од клучните зборови зависи и позицијата на веб страницата кај интернет пребарувачот.

Не дозволувајте и вашата веб страница да остане незабележана и да останете без остварена продажба. Токму поради големиот интерес за SEO-експерти кои ќе им овозможат на компаниските веб страници да го остварат заслуженото место во сајбер просторот, Институт КОНЦЕПТ по петти пат го организира еднодневниот тренинг.

ПРЕДАВАЧИ:

Предавачите се од PIKSEL.MK, брзорастечка компанија која се занимава со веб дизајн и дивелопмент, како и дигитален маркетинг со акцент на креирање на маркетинг и комуникациски стратегии и менаџмент на социјални медиуми (Фејсбук, Твитер, Инстаграм, ЛинкдИн, Гугл+, итн.) за домашни и странски компании. За повеќе информации посетете ја нашата веб страна: www.koncept.com.mk

КОНТАКТ: м-р Ленче Зикова и м-р Ирена Богоевска l e-mail: institut@koncept.com.mk l 02 3128 526 l 070 272 207



www.kapital.mk

Капитал број 896 / 897 30.12.2016

54

ИНТЕРВЈУ

Д-р РАДМИЛА ДИМОВСКА, PHd СПЕЦИЈАЛИСТ ПО ОРТОДОНЦИЈА

УСПЕАВМЕ ДА ГО ДОСТИГНЕМЕ ВРВОТ ВО ПРАКТИЧНАТА МОДЕРНА СТОМАТОЛОГИЈА

К

XКруна X МС постои повеќе од 25 години на македонскиот пазар и за овој период се наметна како еден од лидерите во модерната стоматологија. Што конкретно работи и какви се услуги нуди Круна МС ? 25 години КРУНА МС ги сплотува научните достигнувања и најновата технологија за да создаде прекрасна насмевка, уникатна како секој пациент. Како пионер во приватната стоматолошка дејност успеавме да го достигнеме реалниот светски врв во практичната модерна стоматологија. Препознатлива е по ултратенките порцелански ламинати кои се наш заштитен знак, циркониум порцеланските мостови и коронки, најсовремената ортодонтска терапија со невидливи алајнери-INVISALIGN-, употребата на титаниум импланти, ласерското белеење на забите, употребата на digital smile design. Ние сме прва Поликлиника која направи успешен спој на anti-aging-от и стоматологијата. КРУНА МС е сопственик на првиот стоматолошки рентген канбинет во Република Македонија, како и на првиот дигитален стоматолошки РТГ кабинет. Тоа што не прави различни и единствени како Поликлиника е што сите протетски интервенции, дури и најкомплицираните се извршуваат најмногу за седум дена. XКаков X беше развојот на Круна мс во изминатите 25 години? "Круна МС" е основана во 1991 година во Скопје, сместена во ГТЦ на 150 м2, располага со три “state of the art“ стоматолошки стола од германскот производител SIEMENS-SIRONA кои се опремени со сите функции потребни за личниот комфор и безбедност на пациентот, како и непречено и професионално работење на докторот. Ефектно дизајнираниот ентериер создава деловна, дискретна и релаксирачка атмосфера и сугерира дека посетата на стоматолог не треба да претставува непријатно искуство. XИновативноста X во стоматолошките третмани е нешто што го истакнувате како своја предност уште од самото основање. Што е тоа што ве разликува од другите во оваа област? Нашата Поликлиника е најпрепознатливиот бренд во стоматолошката дејност, добитник на двојно признание СУПЕРБРЕНД во Република Македонија, сининим за долга традиција наградена со огромен број на пациенти кои го респектираат квалитетот. Веќе 25 години успешно се стремиме кон зацртаните цели, преку континуирано воведување на најмодерна технологија, врвна едукација на своите специјалистички кадри, користење на најсовремени светски достигнувања, стручни обуки и списанија,

КРУНА МС: 25 ГОДИНИ ГИ СПЛОТУВА НАУЧНИТЕ ДОСТИГНУВАЊА


www.kapital.mk

Капитал број 896 / 897 30.12.2016

55

25 години КРУНА МС ги сплотува научните достигнувања и најновата технологија за да создаде прекрасна насмевка, уникатна како секој пациент. Како пионер во приватната стоматолошка дејност успеавме да го достигнеме реалниот светски врв во практичната модерна стоматологија. курсеви, посети на светски и европски конгреси, потврден квалитет и грижа за пациентот, се со цел цврсто да се стои на врвот. XКои X се најновите стандарди во третманите и лекувањето во модерната стоматологија? Ние сме пионер во приватната стоматолошка дејност во Република Македонија. Во текот на своето дваесетипетгодишно работење успеавме да го достигнеме светскиот врв. Потврда за тоа е Премиум партнерството со најголемата светска здравствена осигурителна компанија International SOS, како и други меѓународни осигурителни компании од областа на

здравството Allianz, Vanbreda, Signa, GBG, TBS 24, како и акредитациите на странските амбасади и меѓународни организации на територијата на Република Македонија.. XКруна X МС е единствената стоматолошка ординација во Македонија која има добиено награда за супербренд? Што значи и со што се заслужува титулата супербренд во стоматологијата? Како вистински супербренд, КРУНА МС е лидер на полето на стоматологијата. Успехот се должи секако на високиот квалитет на услугите кои ги нудиме, но и на успешната маркетинг стратегија која се спроведува речиси секојдневно. Преку печатените

медиуми (Нова Македонија, Фокус, Бебе Магазин, Космо. Bar Code, 24 часа здравје, Fashion Avenue, Портрет) и електронските медиуми (Plus Info, Нова Македонија, In vino veritas) присутни сме во речиси сите домови трудејќи се на уникатен јазик разбирлив за читателите да ја подигнеме свеста за нивното здравје и да го промовираме модерниот концепт за орално здравје. Надворешното рекламирање успешно се користи за промоција на услугите кои ги нудиме. Веб страната нуди комплетна информација на пациентите за услугите кои ги нудиме и им го олеснува процесот на одлучување и избор на саканата услуга. nnn


www.kapital.mk

Капитал број 896 / 897 30.12.2016

56

МЕТОДИЈА САЗДОВ

ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА “ПРВ ДО ВРВ“

СО НАС СИТЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ КАКО ДЕЛ ОД ГОЛЕМО СВЕТСКО НАТПРЕВАРУВАЊЕ

T

Трката со дедомразовци беше последниот настан организиран од невладиното здружение “Прв до врв“ за оваа година, со 450 учесници, кои што трчаа во рамки на новогодишниот базар “Подари среќа“. Разговаравме со Методија Саздов, основач и претседател на “Прв до врв“ за тоа како една идеја од пред четири години за трка до врвот на Водно прерасна во широко прифатена платформа за забава и рекреација со многу настани и учесници во текот на една година. XКако X настана идејата за “Прв до врв“? Кој беше првиот настан што го организиравте? Оптовареноста и фокусираноста во секојдневната работа и рутина, кај секој човек бара нов предизвик, но во насока на нешто различно каде ќе ја потрошиме негативната енергија, ќе се наполниме со позитивна енергија и ќе се дружиме со позитивни луѓе. Во разговори со многу луѓе

кои рекреираат и планинарат, ќе слушнеме како секој се фали за колку време истрчал некоја патека или се качил до некој врв. Помеѓу брзите луѓе и оние кои отприлика (не)знаат за колку време го качуваат врвот на Водно, рековме да организираме една трка до врв на Водно, па да видиме кој е најбрз. Така всушност и дојдовме до името “ПРВ ДО ВРВ“ и првата трка која беше организирана пред 4 години. Скопје има голем избор на спортско рекреативни локалитети, како парк шума Гази Баба, Сарај, Матка, но скопјани можат да се пофалат дека имаат планина во центарот на градот каде што најчесто рекреираат и всушност на првата трка имаше повеќе од 2.000 учесници, што беше доволен знак, дека луѓето се желни да учествуваат или да бидат дел од спортско рекреативен настан. Максимално се вложивме и се потрудивме овој настан да биде организирам максимално професионално во секој поглед, а на крај на врвот на Водно подготвивме супер забава на која уживаа

2.000 луѓе. Дополнително подготвивме и видео од самиот настан, кое изгледаше толку добро што ја привлече и спортската заедница од регионот и пошироко, па во последните две години најбрз до врвот е Стефан Убел, германски репрезентативец во планинско трчање. XКоја X е всушност филозофијата зад “Прв до врв“, односно вредностите што треба да ги негува и развива? По успехот на првата трка, се запознавме и станавме пријатели со голем број на спортисти и рекреативци. Во неколку наврати добивме коментари дека ваква голема „спортска“ дружба му фали на Скопје и генерално во Македонија и собирањето еднаш во годината е многу малку. Од таму дојде идејата за организирање и на други спортско рекреативни настани. Спортско рекреативната заедница стана многу голема, а конкуренцијата сериозна, па во нашите настани се вклучија и најдобрите атлетичари и велосипедисти во Македонија.


www.kapital.mk

Капитал број 896 / 897 30.12.2016

ИНТЕРВЈУ

57

ПРВ ДО ВРВ ќе продолжи да иновира и да ја изненадува спортско рекреативната заедница со настани каде што секој ќе се почувствува како да е дел од големо светско натпреварување. Се надеваме дека ќе бидеме пример за многу деца и возрасни да ни се придружат, но и да остварат голем спортски успех. Филозофијата е дека луѓето сакаат да се угледуваат на спортисти и тие секогаш се почитувани и пример за целата заедница. Со организација на што повеќе спортски настани имаме за цел да дадеме пример и да ги поттикнеме сите на спорт и рекреација. Иако медалите се секогаш за најбрзите и најдобрите, на настаните кои ги организира ПРВ ДО ВРВ, сите се чувствуваат победнички, сите заеднички се бодрат и поддржуваат, и на крај се забавуваат. XКако X се развиваше иницијативата потоа? Кои беа следните настани? Со оглед дека летно време нема никакви професионални спортски активности, дојдовме до идеја да направиме една летна лига во трчање покрај плажа. Сметавме дека на спортистите ќе им фали тренинг и дружба, па затоа во јули направивме 5 трки во 5 града на 5км и ја започнавме BEACH RUN лигата и ја трчавме цела Македонија, од Скопје, Претор, Дојран, Маврово до Охрид. Сметавме дека многу од учесниците работат во различни фирми и тие може да привлечат голем број на колеги да почнат да спортуваат и рекреираат. Следен чекор беше организацијата на штафетна бизнис трка, каде што беше клучна подготвеноста на компанискиот тим. Со оваа трка се создаде нова група на рекреативци кои имаа чест да трчаат под името на својата компанија и да направат спортско деловно вмрежување со претставниците на други компании. Најинтересно е што првата Бизнис трка се одржа во ужасни временски услови и дожд, но на лицето на сите можеше да се видат само насмевки и емоции на среќа. Еден од поинтересните настани е и дедомразовската трка по улиците на Скопје која привлече голем број на семејства кој трчаат заедно со своите дечиња и се дел од спортско рекреативната заедница, која трча со најбрзите атлетичари во Македонија, познати личности и професионални спортисти. XКаква X е поддршката од локалните заедници и бизнис секторот за активностите на “Прв до врв“? ПРВ ДО ВРВ е здружение на граѓани и не остварува профит. Сите средства се собираат наменски за секој настан. Дел од средствата ги плаќаат учесниците во форма на симболична котизација за учество за која добиваат одредени придобивки. Главните средства се обезбедуваат од компании и локална самоуправа која дополнително може да помогне и со своите ресурси во насока на техничка реализација

на еден настан преку логистика, храна, доктор и др. Посебно им благодариме на компаниите кои се од различни сектори, но ја увидоа нашата заложба за промоција на спортот и рекреацијата во Македонија и не подржуваат низ целата година на еден или повеќе настани. Оваа година имавме многу настани надвор од Скопје и добивме голема локална поддршка во Дојран, Претор, Маврово и Ростуше. Задоволството беше кај сите големо затоа што одамна голем дел од спортистите ги немаа посетено некои од овие места, а за локалната заедница беше интересно и големо задоволство да бидат дел од голем спортско рекреативен настан, да бидат добри домаќини и да привлечат што повеќе гости за овие настани. Локалните власти се најважни за реализација на нашите идеи, но некогаш е многу тешко да се дојде до оние кои ги носат одлуките и воопшто да им се пренесе идејата за самиот настан. Во 2016 година сметам дека настаните кои ги организиравме беа широко прифатени и презентирани во јавноста, па сметаме дека во 2017 година, локалните заедници ќе се вклучат во организацијата на настаните со цел привлекување на што поголем број на спортисти, но и посетители, со што ќе се влијае на развојот на самиот град, општина или локалитет. XРазмислувате X ли некои од трките и останатите активности да имаат и хуманитарен карактер? ПРВ ДО ВРВ во повеќе наврати своите активности ги насочи во хуманитарни цели, па на самите настани беа собирани средства во различни цели. Со оглед дека спортската заедница на ПРВ ДО ВРВ е голема, многу често добиваме предлози да помогнеме или да организираме некој настан со хуманитарни цели што секогаш е прифатен од сите. Дополнително за нас можеби и најважна е социјалната инклузија и вклучување на сите целни групи и лица со различен хендикеп во нашите настани со цел давање на пример на заедницата дека заеднички треба да се поддржуваме до остварување на секоја цел, или искачување на секој врв. XКаква X е вашата визија за развојот на оваа платформа во иднина? ПРВ ДО ВРВ ќе продолжи да иновира и да ја изненадува спортско рекреативната заедница со настани каде што секој ќе се почувствува како да е дел од големо светско натпреварување. Се надеваме дека ќе бидеме пример за многу деца и возрасни да ни се придружат, но и да остварат голем спортски успех. nnn

XПодготвувате X ли некои нови настани за 2017? Во 2016 година ПРВ ДО ВРВ организираше 15 настани од спортско рекреативен карактер кој вклучија голем број на рекреативци и професионалци, ја пропатувавме цела Македонија и планираме бидејќи сите настани поминаа одлично да ги повториме и следната година, т.е. да станат традиционални. Дополнително веќе имаме испланирано нови настани кои се од забавно, рекреативен и спортски карактер кој сметаме дека ќе привлечат голем број на учесници. Планираниот календар за 2017 год. 02.04.2017 Скопје, Суперхерој Трка со препреки во првоаприлски костуми 29.04.2017 Скопје, Атлетски митинг во најпопуларните дисциплини во атлетика 21.05.2017 Скопје, Врв на Водно Трка во планинско трчање и велосипедизам 04.06.2017 Пониква, Велосипедска тура 02-30.07.2017 Скопје, Претор, Дојран, Маврово и Охрид - BEACH RUN, Летна серија на трки 5km, покрај плажа 27-31.2017 Охрид, Меѓународен турнир во одбојка на песок 03.09.2017 Тресонче, Bistra Tour 2017 Велосипедска тура по планината Бистра 17.09.2017 Скопје, Велосипедско дружење во чест на Европска недела на мобилност 01.10.2017 Скопје, Компаниска атлетска штафетна трка ПРВ ДО ВРВ, во 2017 година ќе продолжи да ги реализира месечните рекреативни настани, кои имаат за цел да привлечат што повеќе луѓе да рекреираат, но и ќе продолжиме да ги поддржуваме и другите спортско рекреативни настани кои се одржуваат низ Македонија.


Капитал број 896 / 897 30.12.2016

58

www.kapital.mk

БИЗНИС ТРЕНДОВИ

ДАЛИ ПАТУВАЊЕТО НИЗ ВСЕЛЕНАТА КОНЕЧНО ЌЕ СТАНАТ РЕАЛНОСТ

МИЛИЈАРДЕРИТЕ ВО ТРКА ДА ГО ОСВОЈАТ КОСМОСОТ Зад намерата на светските богаташи да го освојат Космосот се крие мешавина на претприемничка љубопитност, алтруизам и по малку егоизам. Желбата да основаат колонии и производство на Марс, да органзираат туристички тури или да осознаат дали сме навистина сами во вселената не ги напушта, без оглед на тоа што се уште се далеку од остварување на она што го наумиле.

ФАКТ: ОВИЕ ЛУЃЕ СЕ ИЗРАСНАТИ НА НАУЧНА ФАНТАСТИКА


www.kapital.mk

Капитал број 896 / 897 30.12.2016

59 Илон Маск (45) SpaceX

Маск е ко-основач на сервисот за интернет плаќања Paypal, сопственик на Tesla motors, фирма за производство на луксузни возила на батерии. Неговото богатство се проценува на 11,3 милијарди долари.

Џеф Безос (52) Blue Origin

За Хана Кернер, директорка на фондацијата “Вселенски граници” не е важно дали мотив на овие богаташи е желбата да направат нешто добро или само да ги засенат другите со своите достигнувања, бидејќи алтруизмот и егоизмот се две страни на една иста медаља.

П

Позлатените палати и раскошните јахти повеќе не се статусни симболи на американските милијардери. Сега милијардерите од Силиконската долина главно ги трошат парите на истражување на свемирот. Желбата да основаат колонии и производство на Марс, да органзираат туристички свемирски тури или да осознаат дали сме навистина сами во Космосот не ги напушта без оглед на тоа што се уште се далеку од остварување на она што го наумиле. Во групата на богаташи со планови за освојување на свемирот предничат Илон Маск, основачот на компанијата “Спејс икс”, потоа Џеф Безоc со неговата компанија “Блу Ориџин”, Ричард Бренсон и неговата фирма “Вирџин Галактик”, како и Пол Ален и неговиот “Вулкан аероспејс”.

Ешли Ванс, долгогодишен новинар и автор на биографијата на Илон Маск, смета дека зад овие амбиции се крие мешавина на претприемничка љубопитност, алтруизам и по малку егоизам. “Овие млади луѓе се израснати на научна фантастика и визијата за вселената од шеесетите и седумдесетите години на минатиот век. Сега имаат пари таа визија да ја претворат во ставрност”, смета Ванс. Се чини дека засега најдалеку од Земјата отиде Илон Маск, чија фирма “Спејс икс”, досега имала 32 успешни лансирања во последните десет години. Од НАСА, американската агенција за истражување на вселената и другите клиенти Маск заработил околу 10 милијарди долари, главно од испорака на на пратки за Меѓународната свемирска станица. Компанијата моментално се опоравува од големите штети предизвикани од експлозијата на ракетата “фалкон 9”, која заедно со сателитите кои ги носела,

Основач е на компанијата Amazon, најголем светски интернет трговец, сопственик на весникот Washington Post, а според Forbes, неговото богатство се проценува на 66 милијарди долари, што го прави петти најбогат човек во светот.

Ричард Бренсон (66) Virgin Galactic

Сопственик е на групацијата Virgin во рамки на која работат 400 фирми, за успех во претприемништвото ја има добиено титулата Ser, а неговото богатство се проценува на 5,2 милијарди долари.

Пол Ален (63) Vulcan Aerospace

Ко-основач е на Microsoft, сопственик на два спортски клуба во NBA и NFL лигата и неколку научни институции. Според Forbes, Ален е “тежок” 18,6 милијарди долари.

Јуриј Милнер (55) Digital sky technologies

Основач е на неколку интернет компании кои главно работат во Русија. Досега инвестирал во бројни технолошки фирми, вклучувајќи ги Facebook и Twitter, a неговиот бизнис вреди 3,1 милијарда долари.


www.kapital.mk

Капитал број 896 / 897 30.12.2016

60

БИЗНИС ТРЕНДОВИ

изгоре за време на пробата на почетокот на септември годинава. Џеф Безос, чие богатство се проценува на 66 милијарди долари, е основач на една од најголемите светски интернет продавници Amazon, е окупиран со идејата за ракета која ќе ги превезува патниците до Црвената планета. Летово најави дека кратките пробни летови низ вселената со патници би можеле да почнат веќе следната година. Судејќи според неговите изјави, тој е заинтересиран и за отпочнување со производство во вселената, со што Земјата би се сочувала од понатамошно загадување. За Хана Кернер, директорка на фондацијата “Вселенски граници” не е важно дали мотив на овие богаташи е желбата да направат нешто добро или само да ги засенат другите со своите достигнувања, бидејќи алтруизмот и егоизмот се две страни на една иста медаља. “Кога луѓето се алструисти се чувствуваат важно и моќно. Исто се случува и кога чувствуваат дека имаат општествено влијание. Сакаат да бидат сфатени како некој кој прави нешто поинакво и кој се разликува од другите”, објаснува Кернер. Маск и Безос имаат уште нешто заедничко: и двајцата се фрустрирани со сегашната

состојба со истражувањето на Космосот . За нив се подразбира дека 40 години откако човекот прв пат стапнал на Месечината, луѓето би требале веќе да патуваат во Космосот или да имаат своја колонија на Марс. Реалноста е меѓутоа многу поразлична, а главната пречка на промените се парите – токму она што Безос, Маск, Бренсон и останатите богаташи го имаат. Според проценките на НАСА, просечната цена на лансирање на една ракета чини 450 милиони долари, додека истражувачите од Универзитетот Колорадо, вкупните трошоци околу едно такво патување ги проценуваат на дури 1,5 милијарда долари. Пред да се затвори во 2011 година, американскиот тридецениски спејс шатл програм, чинел речиси 200 милијарди долари. За вселенските летови бидат одржливи за приватни компании, трошоците би морале да бидат значително помали. Токму на тоа работи “Спејс икс”, кој се обидува да направи една иста ракета да се користи неколку пати. И ко-основачот на Мајкрософт, Пол Ален и британскиот милијардер Ричард Бренсон, исто така сакаат да ја освојуваат вселената, но имаат малку поинаков

НИЕ СМЕ ВРСКАТА СО СИТЕ ДЕЛОВНИ ПОДАТОЦИ КОИ ВИ СЕ ПОТРЕБНИ

#1

ЗА БИЗНИС ИНФОРМАЦИИ

ЗА ПАМЕТНИ ДЕЛОВНИ ОДЛУКИ!

02 / 3117 100 info@targetgroup.mk www.targetgroup.mk

пристап. Минатата година фирмата “Вулкан аероспејс”, во сопственост на Пол Ален го претстави најгоемиот светски авион со распон на крилата од 107 метри, кој на многу големи височини може да понесе сателити со тежина до 450 килограми и оттаму да ги лансира во пониската орбита на Земјата. Претставниците на фирмата тогаш најавија дека леталото треба да биде целосно во функција до крајот на деценијата. “Вирџин Галактик” на Ричард Бренсон е посветен на вселенскиот туризам и настојува на патниците да им обезбеди кратки суборбитални патувања. Повеќе од 700 луѓе пријавени за таков лет, меѓу кои Том Хенкс, Леонардо Дикаприо и Ештон Кучер, се подготвени да платат 250 илјади долари за карта. Меѓутоа, датумот на тоа патешествие се уште не е објавен, па многумина се прашуваат дали резервациите на карти беа само добро осмислена реклама. Во друштво на богаташите кои сакаат да ја покорат вселенатат се наоѓаат и бизнисмените Рус Јуриј Милнер, кој објави дека планира да вложи 100 милиони долари во развој на летало кое е способно да стигне до нам најблиската, после Сонцетот, планета Алфа кентаури. nnn



www.kapital.mk

Капитал број 896 / 897 30.12.2016

62

ЛИДЕРИ

КЕВИН ПЛЕНК

ОСНОВАЧ И ДИРЕКТОР НА UNDER ARMOUR

МОТИВАЦИЈАТА, СТРАСТА И ФОКУСОТ ТРЕБА ДА ДОЈДАТ ОД ВРВОТ!

И

маше само 23 години во 1996-та, кога реши да направи маичка каква што нема ниту еден производител, затоа што како на спортист му беше здодеало од памучните маички што се правеа утоп и потоа се лепеа по телото. Така настана Under Armour, во гаражата на баба му...денес производител на спортска опрема со продажби од пет милијарди долари годишно, бренд кој што доживува метеорски успех заради своите иновативни производи и маркетинг кампањи, а основачот и директор Кевин Пленк еден од најинспиративните бизнис лидери на денешницата.

Успех преку ноќ е илузија. Секој ден има да станувате рано и да работите како “црнци“.

Како што ви е вам незамисливо да излезете и трчате во обични чевли, така јас сакам да направам да е незамисливо да вежбате во нешто друго освен Under Armour.

Не постои вистинско време за почнување бизнис. Јас почнав производство на облека во време кога технолошките бизниси доживуваа бум. Ајде ви се молам, излегувајте од гаражата и почнувајте бизнис!

Во индустријата за спортска опрема доминираа големите производители на обувки. Но, имаше “дупка“ во делот на облека и јас решив да ја пополнам.

Мотивацијата, страста и фокусот треба да дојдат од врвот .

Една врата се затвора, друга се отвора... И така е, да знаете.

Оние компании што комуницираат најдобро се победниците.




Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.