899 kapital magazin

Page 1

ПОЛИТИКА

СТАРТАП СЦЕНА

COVER STORY

АКО СЀ ГИ ДЕЛИ, ШТО ГИ СПОЈУВА ГРУЕВСКИ И АХМЕТИ ВО ПРЕГОВОРИТЕ?

КАКО COGNISM ДОБИ ПОЛОВИНА МИЛИОН ДОЛАРИ ИНВЕСТИЦИЈА?

ДРЖАВНИТЕ ФИРМИ СЕ ПОЛНАТ СО ВРАБОТЕНИ

Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

WWW.KAPITAL.MK

АНАЛИЗА

ПРОТЕКЦИОНИЗМОТ

СЕ ВРАЌА!

СЕ ГРАДАТ

“ЅИДОВИ”

БАЛК АН

ЗА ЗАШТИТА НА ДОМАШНИТЕ ЕКОНОМИИ

БРОЈ 899 | ЦЕНА 100 ДЕН. 20 ЈАНУАРИ 2017 | ПЕТОК | ГОДИНА 18

ПОРАНЕШНИОТ ШЕФ НА ЦИА ЗА БАЛКАНОТ, СТИВЕН МЕЈЕР:

“ДОЈДЕ ВРЕМЕ ЗА ПОДЕЛБА НА КОСОВО“

ЛИДЕРИ: ТАЈНАТА НА ЗАКЕРБЕРГ ЗА ЛОЈАЛНИ ВРАБОТЕНИ



3

Капитал број 899 20.01.2017

СОДРЖИНА

16 04 06

PROFILE

Инаугурација на новиот американски претседател Што може да очекуваат Европа и светот од Трамп?

24

НАВИГАТОР

ИСТРАЖУВАЊЕ Опаѓа довербата во власта, медиумите, бизнисите и невладините

08

COVER STORY

16

STARTUP

30

Државните фирми се полнат со вработени Нов успех на македонските претприемачи Како Cognism доби половина милион долари инвестиција

48

30

36

КАПИТАЛ АНАЛИЗА

Големите играчи не гледаат веќе корист од глобализацијата Протекционизмот се враќа! Се градат “ѕидови” за заштита на домашните економии

ПОЛИТИКА

При краен контраст на ставовите на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ за СЈО, за двојазичноста... Ако сè ги дели, што ги спојува Груевски и Ахмети во преговорите?

БАЛКАН БИЗНИС И ПОЛИТИКА Дојде време за поделба на Косово

40

ЛИДЕРИ

44 46

ЛИДЕРИ

48

ТЕХНОЛОГИЈА

50

ЛИДЕРИ

5 бизнис лекции од шефот на Amazon, Џеф Безос Тајната на Марк Закерберг

ТЕХНОЛОГИЈА И НАУКА IBM ПРЕДВИДУВА: 5 технолошки иновации ќе ги променат нашите животи во слендите 5 години Вештачката интелигенција и роботите ќе донесат масовна невработеност КЛАУС ШВАБ

основач на Светскиот економски форум - Давос

ДРЖАВНО СИ Е ДРЖАВНО

СТАРТАПЏИИ

Т’НКО

Бројот на вработени во јавниот сектор расте со вработувања во државните фирми. Анализата на податоците на Центарот за граѓански комуникации покажува дека во најголемите 50 државни претпријатија според приходите остварени во 2015 година, за шест години бројот на вработени е зголемен за 1.781 работник односно за 8%. Повеќе вработувања имало во 36 од 50 анализирани претпријатија. Нови вработувања не биле пречка ниту за оние државни претпријатија кои во своето работење оствариле загуба или пак се на листата на даночни должници што ја објави неодамна Управата за јавни приходи.

Cognism e британско – македонски стартап кој што развива софтвер за автоматско генерирање и ажурирање на т.н. продажни “лидови“ и со тоа може да му помогне на секој продажен тим поефикасно да ја заврши својата работа. Стартапот неодамна доби инвестиција од половина милион долари од неколку институционални вложувачи и бизнис ангели, со која што треба да ги надгради своите продукти и да ја прошири меѓународната продажба. Од прва рака ви ги пренесуваме искуствата на младите претприемачи и нивните финансиери во оваа инвестициска приказна.

Доминантно во јавноста е мислењето дека Ахмети не е наивен кога смета оти има смисла да очекува дека може и да се договори со Груевски, чија партија отворено одбива воопшто да преговара за она што ДУИ тврди оти мора да биде прифатено без преговори. Повеќето аналитичари се на став дека лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ од старт имаат намера да не се договорат, а со „оптимизмот“ за исходот на преговорите само сакаат да скријат колку не им се допаѓа резултатот од изборите на 11 декември, кој одвај ги доведе во позиција да преговараат за формирање влада.

XX Стр.8

XX Стр. 16

XX Стр.30

Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје l Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31 l П. ФАХ 503, 1000 Скопје l Директор и одговорен уредник: Љупчо Зиков l Печати: Графички центар Скопје, ул. Скупи бб, 1000 Скопје l Тираж: 3.000 примероци l Датум на печатење: 19.01.2017


Капитал број 899 20.01.2017

www.kapital.mk

4

ИНАУГУРАЦИЈА НА НОВИОТ АМЕРИКАНСКИ ПРЕТСЕДАТЕЛ

ШТО МОЖЕ ДА ОЧЕКУВААТ ЕВРОПА И СВЕТОТ ОД ТРАМП?

Откако по изборната победа ги ублажи своите ставови од кампањата што предизвикуваа најголема загриженост на различни американски и светски адреси, американскиот претседател кој денеска ќе биде инаугуриран, со последното интервју за Билд и Тајмс одново силно ги разбранува духовите, а непредвидливоста на неговото шефување од Белата куќа ја зголемија и изјавите на потенцијалните членови на неговиот кабинет, кои отфрлија некои од клучните пораки на Трамп од кампањата

ТРАМП: ЕУ Е СРЕДСТВО ЗА ПОСТИГНУВАЊЕ НА ГЕРМА


www.kapital.mk

Капитал број 899 20.01.2017

С

Силна вербална шлаканица за Германија, така Дојче Веле го сумираше интервјуто за Билд и Тајмс на американскиот претседател Доналд Трамп, чија инаугурација е денеска. Единственото позитивно нешто што за Германија, визирајќи ја како доминантна во Европа, го кажува Трамп во споменатото интервју, е дека секогаш имал „голема почит“ кон германската канцеларка Ангела Меркел. Така, новиот претседател на САД, вели дека политиката на „отворени врати“ на Меркел е „катастрофална грешка“. „Наместо да ги пушти сите тие бегалци во земјата, Германија требаше повеќе да се ангажира околу безбедносната зона околу Сирија“, изјави Трамп. Од ова негово интервју за европски медиуми, светските аналитичари извлекоа доста претпоставки за тоа што може да се очекува од новиот шеф на најмоќната светска држава. Трамп, на делот за „катастрофалната грешка“ со бегалците, се надоврза со излегувањето на Велика Британија од Европската унија, за што смета дека е мотивирано од германската политика кон бегалците. „Да не беа присилени да ги примат сите овие бегалци - толку многу, со сите проблеми што тоа ги носи со себе - немаше да дојде до Брегзит“, вели Трамп. „Луѓето и земјите сакаат свој сопствен идентитет. Велика Британија сакаше свој сопствен идентитет. Луѓето не сакаат други луѓе да им доаѓаат во земјата и да ја уриваат“. Новиот американски претседател повторно негативно ја спомена Германија и кога оцени дека Брегзитот на крајот ќе се покаже како „величествено нешто“ за Велика Британија. „Погледнете ја ЕУ - таа е Германија. Во основа, ЕУ е средство за постигнување на германската цел. Поради тоа сметам дека беше паметно од Велика Британија што излезе“, изјави Трамп, и дополни дека очекува и други ЕУ-членки да го следат примерот на островската држава. Негова оценка е и дека ЕУ делумно е основана за да ги победи САД во меѓународната трговија, и оти од оваа позиција за Америка е сеедно дали ЕУ е единствена или поделена. Германија, поточно, германскиот производител на авотмобили, БМВ, беше споменат во интервјуто со закана дека (по Форд и Тојота), може да добие санкции, ако наместо во САД, произведува во соседно Мексико. „На БМВ би му рекол дека ако изгради

PROFILE

фабрика во Мексико, а во САД сака да продава без да плати 35% данок, тогаш тоа може да го заборави“, рече Трамп, дополнувајќи дека поентата на кажаното е фабриката да биде отворена во САД. Новиот американски претседател не заборави да потсети и на своите ставови за НАТО. „Прво, овој сојуз е застарена организација, формирана пред многу, многу години, а второ - земјите-членки не го плаќаат она што би морале да го плаќаат“, рече Трамп, пред застареноста на НАТО да ја доведе во врска со недоволна грижа на Алијансата во борбата со тероризмот.

Меркел: Протекционистичките тенденции - ризик за германската економија

Во својот одговор германската канцеларка Ангела Меркел предупреди од ризиците од протекционизмот, имајќи го предвид не само споменатото интервју со Трамп, туку и тоа што новиот американски претседател критиката на глобализацијата ја претвори во една од главните теми на својата предизборна кампања. Тој вети дека ќе ги прекине или ќе изврши ревизија на некои трговски договори. Меркел рече дека „протекционистичките тенденции“ се еден од главните ризици за германската економија која е силно зависна од извозот. Интервјуто на Трамп испоровоцира реакција и од шефот на германската дипломатија, Франк-Валтер Штајнмаер, кој оцени дека изјавата на американскиот претседател оти НАТО е „застарена организација“ предизвикала „загриженост“ во Алијансата, а веројатно повеќе мислеше на Европа. „Тоа е противречно со она што го кажа американскиот министер за одбрана за време на сослушувањето во Вашингтон пред само неколку дена. И треба да видиме какви ќе бидат последиците за американската политика“, изјави Штајнмаер. Министерот, пак, за финансии на Германија, Волфганг Шојбле, соопшти дека неговата

5

земја може да ги намали корпоративните даноци како одговор на очекуваните дејства во овој правец на САД и на Велика Британија. Тој во интервју за Волстрит Журнал изјави дека најголемата економија во Европа треба да го поедностави даночниот систем за компаниите, за да остане конкурентна на глобално ниво.

Противречни пораки на номинираните за кабинетот на Трамп

Сослушувањето, пак, на предложениот државен секретар на САД, Рекс Тилерсон, во Сенатот, предизвика вжештување на односите на Америка со Кина. Тој ги изедначи кинеските активности во Јужнокинеското море со руската окупација на Крим. Но, во сослушувањето на потенцијалните членови на кабинетот на Трамп, забележливо беше отфрлањето на некои од неговите клучни пораки од кампањата за претседателските избори. Ѕидот што Трамп го најави како заштита од нелегалните мексикански мигранти, беше наречен недоволна мерка од номинираниот за секретар за внатрешна безбедност, Џон Кели. Тој изјави и дека е против политиката за масовно собирање податоци од американските граѓани или од специфични етнички или религиски групи. „Не ја поддржувам идејата дека на муслиманите треба да им се оневозможи пристапот до САД“, изјави номинираниот за министер за правда Џеф Сешнс, а на иста позиција е и Тилерсон. Номинираниот државен секретар за одбрана, Џејмс Матис, за НАТО изјави, наспроти Трамп, дека е „можеби најуспешниот воен сојуз во историјата“, и ја потврди својата поддршка за Алијансата. Матис остро се зазема и за мерки против Русија, зашто рускиот претседател Владимир Путин се обидувал да го урне НАТО, поради што САД треба да преземат чекори, интегрирани дејства; дипломатски, економски, воени и сојузнички, за да се заштитиме таму каде што е неопходно“. nnn

АНСКАТА ЦЕЛ - БРИТАНИЈА НЕ ЗГРЕШИ ШТО ИЗЛЕЗЕ


www.kapital.mk

Капитал број 899 20.01.2017

6

НАВИГАТОР ИЗЈАВА НА НЕДЕЛАТА

ПРОИЗВОДИТЕ НА МАМА’С ВЛ

> БРОЈКА

14,2%

се зголемени одобренијата за градба во ноември во однос на истиот месец претходната година

Ако САД беагаат од глобализацијата, ќе и дадат шанса на Кина да стане шампион во слободната трговија.

НУРИЕЛ РУБИНИ

американски економист

О

д почетокот на 2017 година производите на македонскиот бренд МАМА’С се најдоа на полиците на UNIFREE DUTY FREE продавниците на аеродромот “Ататурк” во Истанбул Достапни за повеќе од 60 милиони патници годишно, кои патуваат до 360 дестинации во светот. Ова е единствен бренд од Македонија, дел од стотина меѓународни брендови кои се достапни во модерните и ексклузивни продавници. Изборот на асортиманот во овие продавници се прави

ИСТРАЖУВАЊЕ

ОПАЃА ДОВЕРБАТА ВО ВЛ МЕДИУМИТЕ, БИЗНИСИТЕ

Ж

Живееме во ера на отпор против авторитетот. Досега, владите и медиумите навлекоа огромен бес од широките маси, додека бизнисите останаа некако над таа опасност. Но, протестите и движењата од типот на Occupy Wall Street покажуваат дека масовното незадоволство допрва ќе биде насочено кон бизнис елитите. Ова го покажува истражувањето во рамки на Edelman Trust Barometar кое се спроведува веќе 17 години во повеќе земји, а кое го покажува нивото на доверба во бизнисите, медиумите, владите и невладините организации. Оваа година за прв пат ова истражување покажува пад на довербата во сите овие институции. Во речиси две третини од испитуваните 28 земји населението не верува во овие четири институции дека го прават тоа што е исправно да го прават. Просечното ниво на доверба во сите четири институции е под 50%. Она што пвогодинешното истражување го потенцира

Истражувањето во рамки на Edelman Trust Barometar, кое се спроведува веќе 17 години во 28 земји, за прв пат годинава покажува пад на довербата во бизнисите, медиумите, владите и невладините организации. Во речиси две третини од испитуваните земји, населението не верува во овие четири институции дека го прават тоа што е исправно да го прават. е значителна недоверба во лидерството. Дури 71% одговориле дека нивните влади немаат никаков кредибилитет, а 63% го дале истиот одговор за извршните директори. Кредибилитетот на главните извршни

лидери паднал за 12 процентни поени во споредба со претходната година, на ниво од 37%. Во 13 од 28 испитувани земји не им се верува на бизнисот и испитаниците сметале дека се потребни длабоки


www.kapital.mk

Капитал број 899 20.01.2017

7

ЛЕГОА И ВО ФРИШОПОВИТЕ НА АЕРОДРОМОТ ВО ИСТАНБУЛ врз основа на меѓународни критериуми за квалитет и побарувачка. “Отворањето на нови пазари за МАМА’С е од особена важност, и е во релација со нашата мисија, да им ја приближиме традиционалната македонска храна на што повеќе љубители на добрата храна. А за тоа нема друго подобро место од аеродромот “Ататурк” во Истанбул, каде што дневно минуваат повеќе од 150.000 патници од целиот свет“- изјави бренд менаџерот на МАМА’С, Калин Бабушку. Аеродромот Мустафа Кемал Ататурк во

Истанбул е третиот по број на патници во Европа, после аеродромите во Лондон и Париз, а пред аеродромот во Франкфурт. UNIFREE DUTY FREE продавниците се присутни на 13 меѓународни аеродроми, меѓу кои и аеродромите во Истанбул, Измир, Анкара, Рига и др. Производите на МАМА’С може да се најдат во над 35 земји во светот. Од неодамна тие се продаваат и во UNIFREE DUTY FREE продавниците на Приштинскиот аеродром, покрај оние во Скопје и Охрид.

> БРОЈКА

5,7%

е зголемен бројот на туристи во 2016 година во однос на 2015 година

лидери

ЛАСТА, Е И НЕВЛАДИНИТЕ реформи. На пример, дури 82% од испитаниците одговориле дека е потребна поголема регулација во фармацевстката индустрија. Угледниот Харвард Бизнис Ривју кои ги објави резултатите од последното истржување предпредува дека тие треба да бидат длабоко загрижувачки за бизнис лидерите, иако бизнисите се втората институција на која најмногу и се верува, за само еден проентен поен помалку од невладините организации. Владите се институција на која најмалку и се верува, а медиумите кои се треторангирани според довербата, годинава имаат историски најголем пад во довербата. Годинава во дури 82% од испитаните земји има недоверба во медиумите. Близу 60% од испитаниците одговориле дека за загрижени за губење на нивните работни места како последица од влијанието на глобализацијата. Половина од испитаниците одговориле дека глобализацијата го води општеството во погрешна насока. Ова се многу важни сигнали за бизнисиот. Дали бизнис лидерите ќе продолжат да се фокусираат само кон финансиските перформанси на своите компании, верувајќи дека тоа им е примарна обврска, или ќе се ангажираат и надвор од компаниите? И покрај широката недоверба во бизнисот, има големи очекувања од бизнис лидерите да направат нешто повеќе. Три четвртини од испитаниците одговориле дека веруваат дека компаниите можат да преземат конкретни мерки со кои може да го

Според испитаниците, најдобар начин со кои бизнисите можат да ја зголемат довербата во иднина е плаќаат фер плати, да понудат подобри придонеси и да креираат повеќе работни места.

зголемат профитот, а истовремено да ја подобрат економската и социјалната состојба во заедницата во која работат. Според испитаниците, најдобар начин со кои бизнисите можат да ја зголемат довербата во иднина е плаќаат фер плати, да понудат подобри придонеси и да креираат повеќе работни места. Најбрз начин на кои бизнисите можат да ја урнат довербната во нив е да корумпираат фунционери на власт, да плаќаат огромни компнезации на топ менаџерите и да го избегнуваат плаќањето на даноци. Во Истражувањето се заклучува дека паметните лидери не смеат да дозволат оваа криза да ја урниса довербата во бизнисот и дека повторната изградба на довербата е заедничка одговорност. Падот на довербата во владите и медиумите треба да му послужи на бизнисот како моќна лекција за тоа што може да се случи кога некоја институција ќе се дисконектира од интересите и мислењата на луѓето на кои им служи. nnn

ЛИНО ЧЕРВАР

на мундијалот во Франција машката ракометна репрезентација се претставува на задоволство на нацијата

ИЛОН МАСК

SpaceX се врати на успешно лансирање на ракетата Falcon за намалување на трошоците за вселенските летови

не им беше неделата

АЛЕКСАНДАР ВУЧИЌ

испрати воз за Косово, првпат по 18 години, во познатите околности меѓу Приштина и Белград, со натпис „Косово е Србија“

ЈОН ИЛИЕСКУ

екс-романскиот претседател е обвиненет за злосторства против човештвото поради акцијата за разбивање на протестите во 1990


Капитал број 899 20.01.2017

8

COVER STORY

www.kapital.mk

COVER

ДРЖАВНИ СЕ ПОЛНАТ СО

Бројот на вработени во јавниот сектор расте со вработувања во државните фирми. Анализата на податоците на Центарот за граѓански комуникации покажува дека во најголемите 50 државни претпријатија според приходите остварени во 2015 година, за шест години бројот на вработени е зголемен за 1.781 работник односно за 8%. Повеќе вработувања имало во 36 од 50 анализирани претпријатија. Нови

25.121

вработени има во 50 најголеми државни фирми во 2016 година и за шест години бројот на вработени пораснал за 1.781 работници


www.kapital.mk

Капитал број 899 20.01.2017

STORY

9

ИТЕ ФИРМИ О ВРАБОТЕНИ

вработувања не биле пречка ниту за оние државни претпријатија кои во своето работење оствариле загуба или пак се на листата на даночни должници што ја објави неодамна Управата за јавни приходи. Најголемите 50 државни претпријатија во земјава во 2016 година вкупно имаат 25.121 вработен, дополнителни 1.285 работници се со статус на привремено вработени, а 562 луѓе се ангажирани со договор на дело.

1.285 562 работници во државни фирми имаат статус на привремено вработени

луѓе во државните фирми се ангажирани со договори на дело


www.kapital.mk

Капитал број 899 20.01.2017

10

COVER STORY

пишува:

Б

Александар Јанев

aleksandar.janev@kapital.mk

Бројот на вработени во јавниот сектор расте со вработувања во државните фирми. Анализата на податоците на Центарот за граѓански комуникации покажува дека во најголемите 50 државни претпријатија според приходите остварени во 2015 година, за шест години бројот на вработени е зголемен за 1.781 работник односно за 8%. Повеќе вработувања имало во 36 од 50 анализирани претпријатија. Нови вработувања не биле пречка ниту за оние државни претпријатија кои во своето работење оствариле загуба или пак се на листата на даночни должници што ја објави неодамна Управата за јавни приходи. Најголемите 50 државни претпријатија во земјава во 2016 година вкупно имаат 25.121 вработен, дополнителни 1.285 работници се со статус на привремено вработени, а 562 луѓе се ангажирани со договор на дело. Повеќе од половина од новите вработувања во јавните претпријатија се во АД Електрани на Македонија (ЕЛЕМ), каде што во септември лани работеле вкупно 4.907 луѓе,

односно 1.104 повеќе отколку пред шест години. Во проценти, зголемувањето е 29%. Второ на листата државни претпријатија каде што најмногу се вработувало е ЈП Комунална Хигиена Скопје каде што бројот на вработени се зголемил за 332, на 1.144 луѓе. Трето на листата е ЈП за државни патишта кое што е основано на крајот на 2012 година, но всушност ги наследи имотот, средствата и вработените од Агенцијата за државни патишта. Податоците покажуваат дека во септември 2010 година во ова тело работеле 51 луѓе, додека пак во септември лани, овој број достигнал 347, што е зголемување за 296 луѓе. Со тоа, ова јавно претпријатие е рекордер ако се споредува зголемувањето на бројот на вработувањата во релативен износ – речиси седум пати повеќе отколку во 2010 година. Меѓу првите десет државни фирми во кои што најмногу се вработувало во последните шест години се и АД МЕПСО, каде што бројот на вработени се зголемил за 138 луѓе; ЈКП Комуналец Прилеп со 128 нови вработувања; ЈП паркинзи на општина Центар со дополнителни 98; ЈП Паркови и зеленило со плус 95 вработени, МРТ со уште 94 вработувања; ЈКП Дервен Велес со 74 нови вработувања и ЈП Исар Штип каде што за шест години се вработиле уште 58 луѓе. Бројот на вработени најзначително се намалил, пак, во ЈП Македонија Пат, каде што во септември лани работеле 828 луѓе, односно 665 помалку отколку во септември 2010 година. За 254 се намалил бројот на вработени во МЖ Инфраструктура; 157 вработени помалку во МЖ Транспрот, 44 вработени помалку во ЈП Комуналец

Гостивар, 42 помалку во АД Градски трговски центар (ГТЦ) и намалување од 24 вработени во ЈП Водовод Куманово.

Привремените вработувања стануваат трајни

Вкупниот број на вработени во најголемите јавни претпријатија според приходите што ги остварија во 2015 година, ќе се зголеми доколку се додаде и бројот на привремено вработени кој што до септември лани изнесува 1.285. Во споредба со септември 2010 година, кога привремено вработени во 49 државни претпријатија биле 1.968 луѓе, бројот е намален, но најголем дел од нив се претпоставува дека се трансферирани во трајни вработувања откако во 2014 година се донесе Законот за трансформација во редовен работен однос, со кој што се предвиде државните институции и јавните претпријатија да им понудат редовен работен однос на неопределено време на волонтерите, хонорарците, ангажираните со договори на дело и вработените само на одреден период. Но и покрај стапувањето на сила на овој закон, и обврзувањето на властите дека привремените вработувања во јавниот сектор ќе ги сведат на нула, сепак податоците покажуваат дека се уште има значителен број на луѓе со статус на привремено вработени во јавните претпријатија. Овој број е најголем во Македонски Шуми, каде што до септември лани имало 184 привремено вработени, и во споредба со 2010 година кога во ова јавно претпријатие имало само 4 привремено вработени,

ФАКТ: ВО 36 ОД 50 ДРЖАВНИ ФИРМИ РАСТЕ БОРЈОТ НА ВРАБОТЕНИ


www.kapital.mk

Капитал број 899 20.01.2017

11 бројот е енормно зголемен. Во АД ЕЛЕМ има вкупно 153 привремено вработени; 118 во ЈПКД Комуналец Струмица; 117 во ЈП Комунална Хигиена Скопје; 97 во ЈП Паркови и зеленило. Во првите десет државни претпријатија со најмногу привремени вработувања се и ЈКП Комуналец Прилеп со 82 луѓе; КЈП Водовод Кочани со 58 луѓе; Јавно сообраќајно претпријатие (ЈСП) со 53 привремено вработени; 52 во ЈП за државни патишта и 46 во ЈП Водовод и Канализација Скопје. Само 16 од анализираните државни фирми имаат нула привремено вработени. Со договор на дело, пак, во 20 од овие 50 најголеми државни претпријатија се ангажирани вкупно 562 луѓе. Во 26 претпријатија нема ангажирано работници со договор на дело, а за четири државни фирми нема податоци. Најмногу од вработените со договор на дело, односно 207 се во АД Македонска Пошта, што е речиси 10% од вкупниот број на редовно вработени; 92 договори на дело има во ЈП Чистота и зеленило Куманово што е третина од бројот на редовно вработени; 83 во ЈП Комуналец Гостивар каде што редовно се вработени 120 луѓе; 45 вработени со договор на дело во Македонски Шуми и 29 во АД ЕЛЕМ.

Вработуваат, а имаат загуби и не плаќаат даноци

Нови вработувања се регистрирани дури и кај дел од јавните претпријатија кои имаат загуби во своето работење. ЈП Паркинзи на Општина Центар каде имало голем раст на вработувањата, во 2015 година прикажа загуба од 78 илјади евра. ЈП Паркови и зеленило Скопје во изминатите шест години го зголемило бројот на вработени за 23%, а имало загуба во 2015 година од 305 илјади евра. ЈП Водовод и Канализација Скопје и ЈП Стрежево Битола 2015 година ја завршиле со едни од најголемите загуби на ниво на Македонија од над 3 милиони евра а и кај нив е евидентиран раст на вработените. Дел од државните фирми кои што во последните шест години го зголемиле бројот на вработени, а и се уште имаат привремено вработени и работници со договор на дело, се појавуваат и на листата на должници што ја објави неодамна Управата за јавни приходи (УЈП). Вкупно 11 од анализираните 50 државни претпријатија имаат неплатени даночни долгови кон државата. Така на пример, јавното претпријатие Македонска Радио Телевизија (МРТ)

според податоците на УЈП има неплатен даночен долг од 1,6 милиони евра, а сепак до септември лани бројот на вработени се зголемил за 94, на вкупно 870 луѓе. ЈП Комуналец Гостивар кое што има ангажирано 83 работници со договори на дело и 34 привремено вработени луѓе, има неплатен даночен долг од 2,7 милиони евра. Во Јавното комунално претпријатие Струга, кое за даноци должи околу 140 илјади евра, се вработиле 41 луѓе повеќе отколку во 2010 година и со тоа вкупниот број на вработени достигнува 133. Дополнително, уште 22 луѓе се привремено вработени. Македонски Шуми, пак, на државата и должеше речиси 3 милиони евра, но веќе годинава даночниот долг е намален на околу 300 илјади евра. Сепак ова претпријатие е рекордер кога станува збор за привремени вработувања со вкупно 184 за разлика од пред шест години кога имало само 4 такви. Бројот на редовно вработени исто така пораснал, од 2.150 на 2.197 луѓе. Кај дел од даночните должници, пак, се забележува намалување на бројот на вработени, привремено вработени и ангажирани работници со договори на дело.


www.kapital.mk

Капитал број 899 20.01.2017

12

COVER STORY

Како да се реформираат државните фирми?!

Јавноста малку знае како работат државните компании бидејќи најголем дел од нив воопшто не даваат отчет ниту пак објавуваат финансиски извештаи. Нетранспарентноста ја чува комотната атмосфера во државните фирми, нема притисок за нивно реформирање од загубари натрупани со партиски кадри во здрави компании што ќе работат со солидни резултати. Последните податоци на Центарот за граѓански комуникации за 2015 година покажуваат дека едно од четири претпријатија во државна сопственост во Македонија работело непрофитабилно вкупно 29 од 113 државни фирми направиле загуба од 31,3 милиони евра. Во Законот за јавни претпријатија јасно стои дека „ако се утврдат загуби во работењето, директорот е должен истите да ги отстрани во наредните шест месеци. Ако загубата не се покрие во овој период, директорот ќе биде разрешен“. Меѓутоа, овој член од Законот е веројатно „подзаборавен“ од основачите на јавните претпријатија. Останатите 84 компании од јавниот сектор во 2015 година, пак, заработиле 40,14 милиони евра. Интересно е што дури 30 државни фирми од кои повеќето на хартија прикажаа добивки, се наоѓаат на црната листа на Управата за јавни приходи со неплатен

даночен долг. Експертите сметаат дека за успешно функционирање на јавните претпријатија не треба промена на законите, туку политичка волја. Тие велат дека државата треба повеќе да се насочи кон концесии и јавно - приватно партнерство, каде што ќе делегира дел од своите овластувања за вршење дејности од јавен интерес на приватниот сектор. „Со тоа би се намалила можноста од форсирање кадри подобни првенствено по политичка, отколку по професионална основа. Приватниот капитал е профитно мотивиран и не трпи импровизации. Но, за ова е потребна политичка волја“, коментираат експертите. Дел од нив оценуваат дека е потребно да се промени Законот за јавни претпријатија и членовите на управните одбори и директорите да се одбираат на јавен конкурс. „Досега изборот на директори се одвиваше или преку оглас објавен од управниот одбор на претпријатието или на предлог на Владата. За поголема транспарентност сметам дека би било добро да се смени законот за јавни претпријатија и за јавни установи каде и управниот одбор и директорите ќе се одбираат на јавен оглас“, сметаат професорите. Академик Абдулменаф Беџети, смета дека клучната реформа за јавните претпријатија треба биде во концептот на управување. “Властите мора да ги департизираат раководствата на овие државни компании.

Доколку продолжи да именува директори само по партиски клуч, некои кои слепо ќе ги извршуваат нивните наредби, јавните претпријатија ќе продолжат да тонат во проблеми. Директорите на јавните претпријатија треба да се именуваат преку јавен конкурс, а клучен критериум да биде нивниот квалитет и успешност, а не партиската книшка. Потоа на директорите да им се постави програма на која што фокусот ќе и биде јавниот интерес, па потоа врз основа на постигнатите резултати ќе оценуваме дали раководството било успешно или не. Тие што работат со загуби мора веднаш да понесат одговорност и да бидат разрешени”, оценува академик Беџети кој вели дека дури и во комунизмот неуспешните директори на компаниите со општествен капитал кои на крајот на годината прикажувале загуби, биле разрешувани. Економистите се согласни дека најголемиот проблем со јавните претпријатија е тоа што ниту една власт досега не спровела реформи. Тие коментираат дека во западно - европските општества постојат начини како тоа се прави, а без притоа тие да се приватизираат. Еден од основните принципи е да се евалуираат завршните сметки на претпријатието, да се следи системот на плати и наградувања, бројот на вработени и тоа колку секој од нив е соодветен за работната позиција. Со еден збор, јавните претпријатија целосно да се потпираат на принципите на пазарната економија. nnn



www.kapital.mk

Капитал број 899 20.01.2017

14

COVER STORY Редовен работен однос

Институција АД Електрани на Македонија

Привремено вработување

Договор на дело

01.09.2010 3803

01.09.2016 4907

01.09.2010 619

01.09.2016 153

01.09.2010 0

01.09.2016 29

АД Македонска пошта ЈП Македонски шуми Јавно сообраќајно претпријатие ЈП Македонски железници Инфраструктура Скопје ЈП Водовод и канализација Скопје Македонски железници Транспорт АД

2181 2150 1307 1430 1133 1303

2205 2197 1340 1176 1150 1146

0 4 73 0 24 /

0 184 53 0 46 /

263 281 2 0 0 /

207 45 0 0 0 /

ЈП Комунална хигиена Скопје ЈРП Македонска радиотелевизија Скопје

812 776

1144 870

238 105

117 0

0 1

0 0

ЈП Македонија пат АД Мепсо

1493 425

828 563

86 0

2 0

0 0

5 1

ЈП Паркови и зеленило Скопје ЈП Исар Штип АД за изг. и стоп. со стан. и дел. простор од значење за РМ ЈП за државни патишта

414 318 375 51

509 376 353 347

91 55 48 0

97 0 0 52

0 0 9 0

0 0 4 0

ЈКП Дервен Велес ЈКП Комуналец Прилеп ЈПКД Комуналец Струмица ЈП Чистота и зеленило Куманово

246 176 275 217

320 304 294 261

55 139 52 31

44 82 118 4

/ 2 11 71

/ 8 29 92

ЈП Охридски комуналец Охрид ЈП Комуналец Битола ЈП Улици и патишта Скопје ЈП Стрежево Битола

203 243 207 232

250 248 243 239

75 3 16 0

10 19 1 0

2 0 0 2

5 0 0 12

ЈП Комуналец Кавадарци ЈП Градски паркинг Скопје ЈП Комуналец Кичево ЈКП Тетово Тетово

229 185 173 243

239 238 230 225

/ 42 10 0

15 8 3 0

0 0 0 /

0 0 0 /

ЈП Водовод Куманово КЈП Водовод Кочани МЈП Проаква Струга

245 236 215

221 218 209

0 48 /

40 58 23

0 0 23

4 6 /

ЈКП Водовод Битола АД Градски трговски центар ЈП Комуналец Гевгелија ЈП Водовод и канализација Прилеп КЈП Нискоградба Битола Дрисла Скопје ЈП Македонска радиодифузија

224 221 114 145 152 105 161

205 179 160 151 145 143 138

0 16 31 27 / 29 0

8 19 12 34 5 8 1

0 0 0 0 0 5 0

0 0 0 0 0 4 5

ЈП Комунално Струга ЈП Паркинзи на Општина Центар ЈП Комуналец Гостивар ЈП Солидарност Виница ЈП Плаваја Радовиш ЈП Нискоградба Охрид ЈП Комуналец Неготино ЈКП Никола Карев Пробиштип АД за стопанисување со стан. и дел. простор во држ. соп. ЈП Студенчица Кичево ЈП Службен весник на РМ Државна лотарија на Македонија ЈП Лисиче Велес

92 34 164 88 100 110 58 80 / 38 45 33 8

133 132 120 111 109 108 108 91 72 53 46 44 23

15 / 0 10 0 12 0 0 0 3 0 0 11

22 0 34 8 4 0 0 0 0 0 1 0 0

0 / 83 / 0 0 0 11 0 0 0 0 2

0 0 83 1 0 0 0 5 0 0 1 16 0



Капитал број 899 20.01.2017

16

www.kapital.mk

STARTUP

НОВ УСПЕХ НА МАКЕДОНСКИТЕ ПРЕТПРИЕМАЧИ

КАКО COGNISM ДОБИ МИЛИОН ДОЛАРИ ИН

ПРИЗНАНИЕ: УСПЕХОТ НА COGNISM Е УШТЕ ЕДЕН ДОКАЗ ЗА


www.kapital.mk

И ПОЛОВИНА НВЕСТИЦИЈА

Капитал број 899 20.01.2017

17 Имавме привилегија први да ја слушнеме приказната на Cognism, стартап што развива софтвери за автоматизација на продажните процеси, а кој штотуку доби инвестиција од 500 илјади долари. Компанијата има канцеларии во Лондон и Скопје, а во тимот се вклучени и луѓе од неколку други земји. пишува:

С

Игор Петровски

igor.petrovski@kapital.mk

Секој што се занимава со продажба знае колку е тешко да се дојде до квалитетни бази на потенцијални купувачи, затоа и продажните тимови се “тепаат“ за секој т.н. “лид“ (од анг. lead), односно секој контакт кој што може да води до продажба. “Лид“ може да биде личност или организација која покажува заинтересираност за производите/ услугите на една компанија, а логиката покажува дека тој што на некаков начин веќе покажал интерес за нешто што нудите, е најизгледен купувач. Cognism e британско – македонски стартап кој што развива софтвер за автоматско генерирање и ажурирање на вакви “лидови“ и со тоа може да му помогне на секој продажен тим поефикасно да го направи овој процес на подготовка. Стартапот неодамна доби инвестиција од половина милион долари од неколку институционални вложувачи и бизнис ангели, со која што треба да ги надгради своите продукти и да ја прошири меѓународната продажба. Како што вели Стјепан Буљат, хрватски програмер кој што е главен менаџер за технологија во Cognism, во светски рамки се проценува дека на сегментот на генерирање продажни “лидови“ отпаѓа 8-10% од вредноста на пазарот на големопродажба, односно businessto-business пазарот. Тоа значи дека во Германија, компаниите трошат годишно околу 43 милијарди евра за софтвер

А КВАЛИТЕТОТ НА МАКЕДОНСКИТЕ СОФТВЕРСКИ ИНЖЕНЕРИ


www.kapital.mk

Капитал број 899 20.01.2017

18

STARTUP

НАЈГОЛЕМА ИНВЕСТИЦИЈА ДОСЕГА ВО СТАРТАП ШТО ИМА ПРЕДЗНАК МАКЕДОНСКИ Од инвестицискиот фонд SCV објаснуваат како оди процесот од почеток до крај

Е

ден од инвеститорите во Cognism е регионалниот венчр капитал фонд South Central Ventures, кој што има своја канцеларија во Скопје. Од македонски стартапи, SCV досега инвестираа 100 илјади евра во Letz – екипата што разви четбот“ (chatbot – компјутерска програма што симулира конверзација со луѓе) поддржан од вештачка интелигенција кој што им помага на корисниците полесно да си го организираат денот и да заштедат време. Најголемата инвестиција на SCV досега, два милиони евра, е во хрватскиот стартап Bulb Technologies, специјализиран за софтверски решенија за потребите на телеком индустријата. Инвестицијата во Cognism е најголема досега во стартап што има македонска компонента во него – стартапот не е основан од македонски претприемачи, но има канцеларија во Скопје и македонски програмери, а плановите на основачот Џејмс Исилеј во врска со развојот на операциите во Скопје се мошне амбициозни. Татјана Забасу, партнер во SCV, задолжена и за канцеларијата во Скопје, објаснува како оди аплицирањето за инвестиција кај нив. “Всушност, не се работи за класично аплицирање, не е тоа формализиран процес како кај тендери и повици . Ние сакаме да го запознаеме тимот од стартапот, да видиме што работат, како размислуваат, која е нивната визија, потенцијалот на нивните производи и услуги, кој им е пазарот. Во Македонија и различни услуги за генерирање квалитетни “лидови“, во Јапонија 49 милјарди долари, а во САД 172 милијарди долари. Душан Гајиќ е македонски програмер, дел од меѓународната екипа на Cognism, која што има канцеларии во Лондон и Скопје. Во компанијата работат уште неколку луѓе, сместени на различни локации – Хрватска, САД... Основач и извршен директор на Cognism е

нема толкав наплив на технолошки стартапи и идеи, за да биде проблем да се дојде до нас како венчр капитал фонд, да разговараме и сл. Друго е во Силиконската долина во САД, на пример, таму е огромен бројот на инвеститори, но и на стартапи, атмосферата е многу похаотична.“, вели Забасу. Таа додава дека процесот од запознавање, до евентуална инвестиција на крајот, не оди толку брзо, затоа што потребни се многу разговори, преговори, евалуации... “Ние мораме да се увериме дека луѓето од стартапот навистина знаат што сакаат да направат. Се среќаваме со претприемачи кои што, на пример, ќе почнат да ви зборуваат за една идеја, а потоа ќе ви кажат, но, ние имаме идеја и за ова или она. Тоа не остава впечаток на фокусиран тим, а тоа е најважно, посветеноста кон производот што го развиваат. Во секоја успешна стартап приказна доаѓа моментот кога тимот мора да се посвети стопроцентно на сопствениот производ, колку и да бил принуден претходно да работи сосема други нешта, за да може да се издржува себеси и да го финансира развојот на својот производ“, вели Забасу. Ако фондот препознае потенцијал и реши да го финансира стартапот, се договараат генералните услови и потоа почнува процесот на due diligence, односно проверка на

“крвната слика“ на компанијата, сликовито кажано. Ако има повеќе инвеститори ( syndicated investors) како во случајот со Cognism, овој процес траеше и пократко од вообичаено, затоа што сите инвеститори вложија време и ресурси при проценување на инвестицијата. “Cognism веќе имаше продажба, неколку клиенти и остварени приходи, тоа беше доволен доказ за нас дека пазар за нивните софтверски решенија има. Џејмс (Исилеј, н.з.) имаше спремено добра презентација, знаеше колку пари им требаат, зошто сакаат да ги употребат и почнавме да ги договараме деталите. Кога доаѓаат на ред парите, тука почнуваат посериозни преговори, затоа што сите инвеститори влегуваат со удели во компанијата, па сите тие техничко - финансиски работи мора да се изменаџираат добро. Сега сите инвеститори заедно ќе имаат малцински удел во Cognism, со можност по извесен период да излезат од сопственоста“, објаснува Забасу.

ТАТЈАНА ЗАБАСУ партнер во South Central Ventures

Н

ајважна работа што сакаме да ја видиме кај стартапите е силно фокусиран тим на развој на продукт/ услуга што решава одреден проблем и има потенцијал за глобална продажба.

Британецот Џејмс Исилеј, кој што пак, долго време работи и во Швајцарија. Со Душан разговаравме за тоа што го работат во моментов, односно продуктите за чие што доразвивање всушност и ги добија парите од инвеститорите. “Имаме два клучни продукти во моментов: Sales Prospector, софтверско решение што им помага на компаниите да најдат нови можности за продажба,

како и CRM Refresh, сервис што овозможува податоците во делот на customer relations management (управување со односите кон клиентите) да бидат постојано обновени и свежи, што исто така, ќе овозможи нови прилики за продажба“, објаснува Гајиќ. Тој додава дека во развојот на своите софтвери користат технологии на процесирање на природни јазици (Natural Language Processing) со цел

ПЛАНОВИ: ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ТИМОТ И ГЛОБАЛНА ПРОДАЖБА



www.kapital.mk

Капитал број 899 20.01.2017

20

STARTUP

ШТО СО 500-ТЕ ИЛЈАДИ ДОЛАРИ

ПАРИТЕ ЌЕ СЕ ИСКОРИСТАТ ЗА УСОВРШУВАЊЕ НА ПРОДУКТОТ И РАЗВОЈ НА ПРОДАЖНА МРЕЖА

И

ако е стар само година и половина, Cognism од организациски и инвестициски аспект, веќе стана меѓународна приказна. Водечки инвеститор (lead investor) во Cognism, кој што досега порасна на десетина вработени во Македонија, Британија и Хрватска, е софтверската компанија Netcetera, со седиште во Швајцарија, а која што има своја канцеларија и во Македонија, со преку сто вработени. Таа вложи половина од износот, а остатокот дојде од регионалниот венчр капитал фонд SCV, кој што исто така има канцеларија во Македонија, потоа од кинескиот фонд Tsingbay Venture Capital, и бизнис ангелите Том Џејмс, Џејмс Ходсон и Усман Кан. Џејмс Исилеј, основачот и извршен директор на Cognism вели дека самиот инвестициски процес им донесол одлични советници, како Netcetera и Том Џејмс, кои што се сега и во бордот на компанијата, компании и поединци што досега развиле глобално успешни бизниси. “Тие ни помогнаа појасно да видиме каде сакаме да се движиме, а сега треба да ги надградиме своите продукти и да почнеме со сериозна продажба глобално. За тоа ќе ни треба усовршување на софтверскиот механизам за учење и развој на меѓународна мрежа за продажба, првенствено во САД. Исто така, планираме да направиме центар за развој на софтвер во Македонија. Дел од инвестицијата што ја добивме ќе биде искористен токму во таа насока: за ангажирање повеќе програмери и други професионалци што ни се потребни. Подоцна финансиски ќе помогнеме и за студентска реклама“, рече Исилеј за Капитал.

Дел од тимот на Cognism (од лево): Стјепан Буљат, менаџер за технологија, Џејмс Исилеј, основач и Душан Гајиќ, девелопер

да идентификуваат нови продажни “лидови“ во најразлични текстови од медиумски и други извори. Тука е и технологијата на машинско учење (Мachine Learning) што овозможува пак, да се сфати од мноштвото податоци со кои располага една компанија, кои се профилите на нејзините идеални купувачи и сето тоа да се искористи за добивање на нови “лидови“, нешто што самите компании не би можеле самите

да го идентификуваат преку сопствените продажни процеси.

Financial Times меѓу првите клиенти

Софтверските решенија на Cognism “копаат“ податоци од извори како Reuters, Associated Press, Financial Times, но и од многу други релевантни извори на интернет. На својот вебсајт компанијата истакнува дека веќе сега кон своите клиенти канализира информации од

СТАРТАП: COGNISM КАНЦЕЛАРИИ: n Лондон и Скопје ЕКИПА: n В.Британија, Македонија, Хрватска, САД ПРОДУКТ: n Софтвер за автоматизација на продажбата ИНВЕСТИЦИЈА: n 500.000 долари ИНВЕСТИТОРИ: ИНСТИТУЦИОНАЛНИ: n Netcetera, SC Ventures, Tsingbay Venture Capital БИЗНИС АНГЕЛИ: n Том Џејмс, Џејмс Ходсон, Усман Кан. ВРЕДНОСТ НА ПАЗАРИ ЗА НИВНИТЕ ПРОДУКТИ: n САД – 172 млрд. долари, n Германија 43 млрд. долари n Јапонија 49 млрд. долари повеќе од 115 милиони компании и клучни бизнис играчи од цел свет. “Financial Times всушност е еден од нашите први клиенти, односно тие користеа апликација што им помага да сфатат и да предвидат најразлични пазарни трендови, на пример зошто пазарот на нафта се движи во одредена насока, сето тоа преку анализа на многу информации, вести и сл., собрани од огромен број извори. Од FT, но и од останатите клиенти, како Guardian Wealth Management, Parabolic Asset Management и др., потоа добивавме фидбек и го усовршувавме нашиот софтвер кон уште поголемо забрзување на продажните процеси“, вели Гајиќ. Од Скопје преку Skype разговаравме и со Џејмс Исилеј, основачот и извршен директор на Cognism. Тој е задоволен што успеале да добијат инвестиција што ќе им помогне да ги усовршат своите продукти и да пораснат како бизнис, особено пак што доаѓа од група на повеќе инвеститори. “Тоа ни е некаков доказ дека имаме продукт што навистина вреди и има потенцијал за глобална експанзија“, вели Исилеј. Инаку, за самиот процес на привлекување инвеститори вели дека

ПРЕПОРАКА ОД ИНВЕСТИТОРИТЕ: 100% ПОСВЕТЕНОСТ НА ПРОДУКТОТ


www.kapital.mk

Капитал број 899 20.01.2017

21

П ЏЕЈМС ИСИЛЕЈ

основач и извршен директор на Cognism

ланираме да направиме центар за развој на софтвер во Македонија. Дел од инвестицијата што ја добивме ќе биде искористен токму во таа насока: за ангажирање повеќе програмери и други професионалци што ни се потребни. Подоцна финансиски ќе помогнеме и развој на софтвер од страна на студенти.

не бил едноставен, а траел околу шест месеци. “Британија во моментов има доста поволна клима за развој на стартапи, владата нуди даночни олеснувања за бизнис ангели што се спремни да вложат во стартапи кои се во рана фаза, па природно беше да почнеме потрага по инвеститори во Лондон. Аплициравме кај повеќе бизнис ангели, и од еден добивме и иницијална понуда, но истовремено Душан направи контакт со швајцарската компанија Netcetera, како

#1

ЗА БИЗНИС ИНФОРМАЦИИ

02 / 3117 100 info@targetgroup.mk www.targetgroup.mk

ДУШАН ГАЈИЌ

програмер во Cognism, македонски член на тимот

и со фондот SC Ventures, кој што се вклучи во инвестициската рунда. На крајот, Netcetera стана нашиот т.н. водечки инвеститор, без каков што, всушност е многу тешко да ја заокружиш инвестицијата. Така што, имавме доста среќа што се поврзавме со Netcetera во вистинско време“, ни ја раскажа Исилеј накусо историјата за тоа како дошле до инвестицијата од 500 илјади долари. Тој додава дека за да ја “продадеш“ сопствената приказна на инвеститорите, треба да им покажеш дека правиш

НИЕ СМЕ ВРСКАТА СО СИТЕ ДЕЛОВНИ ПОДАТОЦИ КОИ ВИ СЕ ПОТРЕБНИ

ЗА ПАМЕТНИ ДЕЛОВНИ ОДЛУКИ!

П

репорака до сите амбициозни стартапи: секако дека е важно да имате добра идеја, но за да ги убедите инвеститорите токму вам да ви ги дадат своите пари, мора да имате спремено презентација каде што ќе ги покажете функционалностите на вашиот продукт, мора да им дадете нешто опипливо и да објасните зошто некој би го купил.

реален приход во моментот, дека всушност постои некаква побарувачка за твојот производ или услуга. “Многу е тешко да ве финансираат врз основа само на идеја, освен ако не сте успешен сериски претприемач, односно сте докажале претходно дека знаете да направите добар производ“, вели Исилеј, кој што е инженер за информатички технологии, вљубеник во програмирањето, а има големо искуство и во финансиската индустрија како брокер. nnn


РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ: 26 ЈАНУАРИ 2017

ИНСТИТУТ КОНЦЕПТ ОРГАНИЗИРА ЕДНОДНЕВЕНА ОБУКА:

ОД МЕНАЏЕР ДО ЛИДЕР СТИЛОВИ НА ВОДЕЊЕ НА КОМПАНИИТЕ

(КАКО МЕНАЏЕРИТЕ ДА ГИ ИЗГРАДАТ СВОИТЕ ЛИДЕРСКИ ВЕШТИНИ?) ОБУКА НАМЕНЕТА ЗА СРЕДЕН И ВИСОК МЕНАЏМЕНТ

l 30 јануари 2017 година (понеделник) l 10:00-16:00 часот Институт Концепт, Скопје Институт КОНЦЕПТ во текот на 2017 година ќе организира циклус на обуки наменети за менаџерите во компаниите (врвен и среден менаџмент и тим лидери). Со обуката: “Од менаџер до лидер - стилови на водење на компаниите„, која ќе се реализира на 30 јануари, го најавуваме почетокот на циклусот обуки. Ве предизвикуваме да се трансформирате во успешни лидери кои ќе развиваат ефикасни тимови, ќе ги мотивираат тимовите, ќе воведуваат промени и ќе одговорат на предизвиците на современото работење. За повеќе информации посетете ја нашата веб страна: www.koncept.com.mk

Обуката се базира на вежби, дискусии, интеракција, играње на улоги и примери и ситуации од секојдневното окружување. Обуката е наменета за сите менаџери, лидери на тимови, директори на мали и средни претпријатија, од кои се очекува (и е потребно) успешно управување со ресурсите на компанијата, водење на тимовите, а се во насока на остварување на компаниските цели.

ПРЕДАВАЧ:

ЗОРАН ВИТАНОВ Со-сопственик на ТРЕЈД КОНСАЛТИНГ,

претседател на Асоцијацијата на Менаџери на Македонија, Интернационален ЦЕФЕ тренер, Мотиватор.

КОНТАКТ: м-р Ленче Зикова и м-р Бојана Делидинкова le-mail: institut@koncept.com.mk l02 3128 526 l070 272 207


ШТО ДОБИВАТЕ СО ОН-ЛАЈН ПРЕТПЛАТА НА КАПИТАЛ: претплата на 1. Со електронското издание на Капитал

заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

за најава од 2.Можност три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

до електронското 3. Пристап издание од било каде во Светот

ШТО ДОБИВАТЕ СО ПРЕТПЛАТА НА ПЕЧАТЕНОТО ИЗДАНИЕ НА КАПИТАЛ: l 49 броја на редовното издание на Капитал l 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал l Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа l Платена поштарина l Вклучено ддв l Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози


Капитал број 899 20.01.2017

24

www.kapital.mk

КАПИТАЛ АНАЛИЗА

ГОЛЕМИТЕ ИГРАЧИ НЕ ГЛЕДААТ ВЕЌ

ПРОТЕКЦИОНИЗ СЕ ГРАДАТ “ЅИД ЗА ЗАШТИТА НА ДОМАШНИТЕ ЕК


www.kapital.mk

Капитал број 899 20.01.2017

25

ЌЕ КОРИСТ ОД ГЛОБАЛИЗАЦИЈАТА Многу светски економисти и аналитичари се согласуваат дека ако новата админстрација на Трамп го спроведе сето она што тој го ветуваше во предизборната кампања, тоа ќе доведе до враќање на економскиот национализам и протекционизам. Но, Трамп не е единствен. Политиките на економски патриотизам веќе наголемо влегуваат и во Европа, која е во гoлема неизвесност од бегалската криза, Брегзит и се поголемата недоверба во еврото. Станува јасно дека оваа година ќе ја одбележи економскиот национализам во кој ќе доминираат грубите фискални мерки за поттикнување на економскиот раст, заедно со протекционистичките политики на поставување на пречки во слободниот проток на стоки и услуги, како и нa работна сила.

ЗМОТ СЕ ВРАЌА! ДОВИ” А КОНОМИИ


www.kapital.mk

Капитал број 899 20.01.2017

26

КАПИТАЛ АНАЛИЗА

пишува:

Н

Биљана Здравковска Стојчевска biljana.zdravkovska@kapital.mk

Најновата анкета на консултанската куќа PwC, која беше презентирана на почетокот на годинешнот светски економски форум во Давос покажува дека најголем страв на лидерите на големите меѓународни компании е зголемување на економскиот протекционизам, како последица на растечкиот бран на политичкиот популизам. Имено, дури 59% од испитаните 1.400 лидери на големи меѓународни компании од 79 земји одговориле дека се значително загрижени од трговски војни и воведување на протекционистички политики. Нивниот страв е посебно зголемен по победата на Доналд Трамп на изборите во САД. Дури 58% од глобалните бизнис лидерите сметаат дека станува многу сложено да се балансира глобализацијата, а 44% од нив се изјасниле дека глобализацијата не придонела воопшто да се намали јазот помеѓу богатите и сиромашните. Колку за споредба, во првото вакво истражување на PwC направено во 1998 година најголемиот дел од глобалните бизнис лидери биле убедени глобализацијата носи позитивни ефекти и за развиените и за земјите во развој. Резултатите на оваа истражување многу реално го одразуваат расположението во

В

о предизборната кампања Трамп се закани дека ќе воведе заштитни царини од 35% за производите кои се увезуваат од Мексико, дека валутниот манипулатор Кина ќе ја казни со увозни царини од 45%, а ќе ги предоговори и сите трговски договори на Америка со цел да обезбеди поголема заштита на домашната индустрија.

кое отпочнува новата 2017 година. Многу аналитичари се согласуваат дека ако новата администрација на Трамп го спроведе сето она што тој го ветуваше во предизборната кампања, тоа ќе доведе до враќање на економскиот национализам и протекционизам во светската трговија.

Станува јасно дека оваа година ќе ја одбележи економскиот национализам во кој ќе доминираат грубите фискални мерки за поттикнување на економскиот раст, заедно со протекционистичките политики на поставување на пречки во слободниот проток на стоки и услуги, како и работна

ГЕРМАНСКАТА ИНДУСТРИЈА СТРАВУВА ОД ТРГОВСКАТА ПОЛИТИКА НА ТРАМП

З

а германските бизнис и политички лидери победата на Доналд Трамп значи сигнал дека јавното мислење се свртува против слободната трговија и отворените граници, и оти секој протекционистички потег од новата американска администрација може да доведе до трговски војни, што погубно би се одразило на германската економија, каде скоро едно од четири работни места зависи од извозот, а германските производители извезуваат во странство 50% од произведеното. Официјален Берлин се растревожи од неодамнешната изјава на избраниот американски претседател дека ќе го запре Транстихоокеанскoто партнерство (TPP) уште првиот ден на највисоката функција. Во исто време и

TTIP – Трансатланското партнерство, трговскиот договор меѓу САД и Европа, е блиску до колапс. Лани САД станаа најважниот трговски партнер на Германија по прв пат, изместувајќи ја Франција на второто место. Германските компании извезле роба вредна 114 милијарди евра во САД во 2015 година. Според раководителот на германската индустриска асоцијација BDI, Урлих Грило, протекционизмот на Трамп ќе и дозволи на Кина да ја преземе водечката улога во трговијата во светот. „Една нова американска трговска политика, без сомнеж ќе доведе до дури уште побрзо префрлање на светскиот економски центар во Азија“, тврди Грило.

PWC: ГЛОБАЛНИТЕ БИЗНИС ЛИДЕРИ СТРАВУВААТ ОД ТРГОВСКИ ВОЈНИ


ПОЛНИ РЕТКО , ВОЗИ ДОЛГО

www.detoil.com.mk


www.kapital.mk

Капитал број 899 20.01.2017

28

КАПИТАЛ АНАЛИЗА ЛЕ ПЕН САКА ФРАНЦУСКАТА АВТОИНДУСТРИЈА ДА СЕ ВРАТИ ВО ФРАНЦИЈА

М

ари ле Пен, кандидатката за претседател на Франција е инспирирана од политиката на Трамп да ја врати американската автомобилска индустрија во САД, и јавно ја пофали дека е пример на економски патриотизам и интелигентен протекционизам. Ле Пен вети дека истото ќе го спроведе во Франција доколку победи на изборите кои се во април годинава. “Француските компании не би требало да бегаат од даноците кои би требало да бидат платени во Франција, а не на некои брегови и офшро земји. Прв избор би требало да биде патриотизмот”, смета Ле Пен. Француските производители на автомобили Renaul и Peugot имаат големи фабрики во Шпанија, Русија и источна Европа. И додека Ле Пен ги повикува француските автомобилски компании да ги вратат фабриките во Франција, нејзиниот противкандидат Франсоа Фијон има спротивен став. Toj смета дека не треба компаниите да се ограничуваат да го селат производството во странство, повикува на либерализација на производството на автомобили и на продажба на уделот од 20% кој државата го има во Renault.

сила. Многу светски економисти се согласуваат дека предизборните ветувања на Трамп, ако бидат спроведени ќе го доведат во прашање концептот на неолиберализам. Во суштината на овој концепт е верувањето дека само слободното функционирање на пазарот може да обезбеди економски раст, работни места, приходи и богатство. Укинувањето на бирократските ограничувања, не само во трговијата, туку на пазарите на работна сила, финансиските и сите други пазари, беше главно обележје на сите досегашни неолиберални проекти во светот на западниот капитализам, кој пак многумина го обвинуваат дека е виновник за се поголемиот јаз помеѓу богатите и сиромашните. Дали сега економскиот национализам ќе биде лекот за решавање на проблемите кои ги произведе неолиберализмот во изминативе две децении? Промените кои се случуваат во ЕУ, почнувајќи од Брегзит, бегалската криза, недовербата и слабеењето во еврото, пропратени со заедно со очекуваните драматични промени во политиките на САД, се закануваат да дадат дополнителен поттик за прибегнување кон политиките на економски национализам и протекционизам. Најголемиот број на економисти, пак, веруваат дека бариерите во слободната трговија, која е еден од главните столбови на глобализацијата, можат да донесат само поголеми штети, отколку корист за националните економии. “Слободната трговија е во основата на глобализацијата и враќањето кон протекционирам би значено назадување во тој поглед, меѓутоа многу е тешко да и` се пркоси на глобализацијата барем на краток рок, дури и од една економска велесила како што е САД. Во секој случај, наметнувањето протекционистички трговски мерки од администрацијата на

МАРЈАН ПЕТРЕСКИ

професор на Американ Колеџ

Н

аметнувањето протекционистички трговски мерки од администрацијата на Трамп може да предизвика бран од протекционизам ширум светот, особено во трговските односи меѓу САД и Кина, што ќе предизвика значајни промени во релативните цени на добрата што се тргуваат, а со тоа и врз светските валути.

Трамп може да предизвика бран од протекционизам ширум светот, особено во трговските односи меѓу САД и Кина, што ќе предизвика значајни промени во релативните цени на добрата што се тргуваат, а со тоа и врз светските валути”, вели Марјан Петрески, професор на Американ Колеџ. Сепак, според него, движењата на доларот во голема мера ќе зависат и од други мерки кои Трамп ги застапуваше во текот на кампањата, особено оние за фискални стимуланси на економјата. “Лично сметам дека политиката за фискално олабавување има поголема веројатност отколку некаква политика за значаен трговски протекционизам, меѓутоа сето ова е моментално опкружено со значајна неизвесност и тешко е да се предвиди какви потези ќе влече новата администрација во САД”, смета Петрески.

Се градат ѕидови за заштита на домашните економии

Главниот рецепт на новоизбраниот претседател Трамп за отварање на нови работни места во САД почива главно на протекционистички мерки во трговијата и заштита и субвенционирање на домашната економија. Во предизборната кампања Трамп се закани дека ќе воведе заштитни царини од 35% за производите кои се увезуваат од Мексико, дека валутниот манипулатор Кина

ќе ја казни со увозни царини од 45%, а ќе ги предоговори и сите трговски договори на Америка со цел да обезбеди поголема заштита на домашната индустрија. Едно од ветувањата на Трамп е дека една од првите работи која што ќе ја направи по вселувањето во Белата куќа е повлекување на САД од трговскиот договор за Транспацифичко партнерство (ТПП). ТПП беше потпишан во 2015 година од страна на 12 земји (Австралија, Брунеи, Канада, Чиле, Јапонија, Малезија, Мексико, Нов Зеланд, Перу, Сингапур, САД и Виетнам) на кои отпаѓа 40 отсто од светското стопанство. За договорот се преговараше седум години, а сега е во фаза на ратификација и тој требаше да биде најголемиот трговски договор во светската историја. Во своето последно интервју за германскиот весник Билд, Трамп изјави дека ќе воведе царина од 35% на возилата што германскиот автомобилски гигант BMW ќе ги произведува во фабриката што планира да ја изгради во Мексико за да извезува на американскиот пазар. На оваа закан од Трамп, од Германската индустриска асоцијација му одговорија дека “трговските војни создаваат само губитници”. Но, се чини Трамп не е осамен. Протекционистичките политики добиваат се поголема поддршка и во Европа. Филип Хамонд, канцеларот на Велика Британија се закани

ТРАМП: ЌЕ ВОВЕДАМ УВОЗНИ ЦАРИНИ ЗА МЕКСИКО И КИНА


www.kapital.mk

Капитал број 899 20.01.2017

29 УНГАРИЈА И ПОЛСКА СЕ ЗА ПОГОЛЕМА КОНТРОЛА ВРЗ НАЦИОНАЛНАТА ЕКОНОМИЈА

Е

кономската криза и рецесија со која се соочува Еврпската унија и се поголемата неизвесност која владее во светот го засилуваат протекционизмот и во многу европски економии. Властите во Унгарија и Полска се меѓу оние кои гласно бараат поголема надлежност врз компаниите во името на економскиот патриотизам, објаснувајќи дека во изминатиот период е изгубен преголем дел од економскиот суверенитет. “Ова се национални економии и безбедноста на националните економии мора да вклучува и национално влијание. Ова е според мене економски патриотизам”, смета премиерот на Унгарија, Виктор Орбан. Од 2010 година наваму, владата предводена од Орбан им наметна кризни даноци на трговските ланци, телекомите и енергетските сектори, кои доминантни се управуван и во сопственост на странски компании. Исто така, на унгарскиот банкарски сектор, во кој најголеми сопственици се странски банки, му беше наметната највисока давачка во цела Европска унија.

со повисоки царини по Брегзит за увезените германски автомобили на британскиот пазар. Унгарија веќе отворено го применува концептот на екномски протекционизам, новите власти во Полска исто така се поборници на национализам во економијата, додека лидерката на опозицијата во Франција, Мари Ле Пен, инспирирана од најавените мерки на Трамп, јавно побара француските производители на автомобили да ги затворат фабриките низ светот и да го вратат производството во Франција. Ако Ле Пен победи на изборите во Франција во април годинава веќе најави референдум за еврото и воведување на еден куп мерки за да ги заштити француските работници од меѓународната конкуренција. Политиката на Доналд Трамп, „Америка на прво место“, може да ја натера Кина да ја затрупа Европа со евтина роба. На вакво сценарио предупредуваат германските индустриски лидери, кои не ги кријат стравувањата од потенцијалните негативни ефекти од протекционизмот на САД врз глобалната економија, напиша Financial Times. „Ако Трамп наметне казнени царини за Кина, тоа може да доведе до огромно пренасочување на трговските текови кон Европа. Кинезите ќе бараат други

пазари и вниманието ќе им се префрли на Стариот континент. Тогаш треба да можеме да си ги заштитиме пазарите“, вели раководителот на одделот за надворешна трговија во германската асоцијација за машинско инженерство VDMA, која е една од највлијателните трговски организации во Германија, Урлих Акерман.

Лекции од минатото

Светот изминативе седум децении под лидерство на САД го гради режимот на слободна трговија, па оттука најмалку што некој очекува се најави за економски протекционизам од американскиот претседател. Можеби сепак, протекционизмот нема да ја сопре глобализацијата, која доминираше во светските економски односи во изминативе децении. Но, аналитичарите се едногласни дека мерките на протекционизам се веќе подготвени и дека тие ќе и нанесат сериозен удар на не само на амерканската економија, туку и на слободната трговија во целиот свет. Најголем дел од економските експерти веруваат дека можеби на краток рок ќе бидат создадени нови работни места како последица на заштитата на домашната индустрија, но крајниот резултат ќе биде лош за сите. Според Дени Родрик, професор по

меѓународна политичка економија на Универзитетот Харвард, одржувањето на отворен меѓунарден тргвски систем е еден од најголеите предизвици на нашата ера. “Многу е важно да се одбранат шансите за трговска интеграција. Во моментов, се добива впечаток дека популистичките политички сили се многу посилни и се блиски до победа на концептот на национални држави, што е делумно резултат на хиперглобализацијата која зема замав во изминатите три децении. Лекцијата која треба да ја научиме е дека ни е потребна поголема рамнотежа помеѓу националната автономија и глобализацијата”, смета професорот Родрик. Ако минатото треба да не научи на некоја лекција, тоа е за штетата од протекционизмот. По Големата Депресија во 1929 година многу држави посегнаа кон затворање и заштита на домашната економија од увоз преку зголемување на царините и девалвација на нивните валути. Овие политики резултираа со намалување на обемот на светската трговија, но истовремено се намали и извозот и производството на домашната индустрија. Економската рецесија во која западна економијата беше предвесник и значаен фактор кој доведе до Втората светска војна. nnn


Капитал број 899 20.01.2017

30

www.kapital.mk

ПОЛИТИКА

ПРИ КРАЕН КОНТРАСТ НА СТАВОВИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ И НА ДУИ ЗА СЈО, ЗА ДВОЈАЗИЧНОСТА...

АКО СÈ ГИ ДЕЛИ, ШТО ГИ СПОЈУВА ГРУЕВСКИ И АХМЕТИ ВО ПРЕГОВОРИТЕ?

ХОЈТ ЈИ: НОВАТА ВЛАДА ДА ГИ ПОЧИТУВА ИНСТИ


www.kapital.mk

Капитал број 899 20.01.2017

31

пишува:

Н

Максим Ристески

maksim.risteski@kapital.mk

Нема официјални информации од преговорите за составување влада меѓу ВМРОДПМНЕ и ДУИ – до затворањето на овој број на „Капитал“, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, сè уште беше во фаза на консултации со меѓународниот фактор, пред да се впушти во преговори со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. А ако на Ахмети му е важно, и се вслуша во она што му го кажуваат странците, во ситуација кога од ВМРО-ДПМНЕ јасно порачуваат дека нема да отстапат од позициите против продолжувањето на мандатот на Специјалното јавно обвинителство и двојазичноста, не би требало да успее да се договори со актуелниот мандатар. Во контекстот најилустративен е ставот на САД, соопштен преку заменик-помошникот државен секретар за Европа и за Евроазија во Стејт департментот, Хојт Ји, во кој се вели и дека „е важно новата влада да ги поддржува меѓународните определби, вклучувајќи ги и одредбите од Договорот од Пржино; партиите да стават јасно на знаење дека се определени да го почитуваат Уставот на државата, човековите права; да ги почитуваат институциите на државата, вклучувајќи ги и новите институции како СЈО“. Од друга страна, во ВМРО-ДПМНЕ се сигурни во успехот на преговорите со ДУИ, како што изјави претседавачот со

Доминантно во јавноста е мислењето дека Ахмети не е наивен кога смета оти има смисла да очекува дека може и да се договори со Груевски, чија партија отворено одбива воопшто да преговара за она што ДУИ тврди оти мора да биде прифатено без преговори. Повеќето аналитичари се на став дека лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ од старт имаат намера да не се договорат, а со „оптимизмот“ за исходот на преговорите само сакаат да скријат колку не им се допаѓа резултатот од изборите на 11 декември, кој одвај ги доведе во позиција да преговараат за формирање влада Собранието (до изборот на претседател на Парламентот), Трајко Вељаноски, во интервју за Сител. Тој е уверен дека Груевски и Ахмети ќе најдат сили за формирање влада, откако од 23 до 29 јануари ќе ги затворат сите отворени прашања, за да продолжи конститутивната седница и да биде избран претседател на Собранието. Вељаноски со не помала увереност зборуваше и за тоа дека нема шанси за продолжување на мандатот на СЈО и за менување на

Уставот во функција на рамноправната употреба на службениот албански јазик, што се барањата на ДУИ објавени пред официјалниот почеток на преговорите со ВМРО-ДПМНЕ, а за кои од партијата на Ахмети рекоа дека нема да бидат предмет на преговарање. Дека ако Ахмети сериозно ги дал овие ветувања нема смисла да се надева на договор за продолжување на владината коалиција со Груевски, покажа и деградирањето на барањата на ДУИ произлезени од

ИТУЦИИТЕ, ВКЛУЧУВАЈЌИ ГИ И НОВИТЕ, КАКО СЈО


www.kapital.mk

Капитал број 899 20.01.2017

32

ПОЛИТИКА

платформата на албанските партии што го направи пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски. „Моја проценка е дека откако ДУИ увиде оти се случи голем одлив на нивни гласови на контото на СДСМ, тие се вклучија во натпревар со најголемата опозициска партија. Мислам дека ДУИ е инспирирана во еден постизборен натпревар со СДСМ што се однесува на тоа „кој ќе понуди поалбанска платформа“, изјави Милошоски во „Отворено студио“ на телевизија Нова. Напор да го отежнат договарањето на Ахмети со Груевски направија и интелектуалците Албанци од Македонија, со апелот во кој побараа „да се има предвид дека ВМРО-ДПМНЕ сè уште е водена од луѓе кои имаат одговорност за катастрофалната состојба во секој сегмент од општественополитичкиот живот и како такви не уживаат кредибилитет за и понатаму да ја водат државата“. Оттаму, главно на Ахмети, му порачаа дека „поголемиот дел од гласачите во целата држава се определиле за промени, а кај албанскиот дел дури двојно повеќе во споредба со тие кои гласаа за постојната состојба“. Интелектуалците Албанци, на број седумдесетина чиј потпис е ставен на апелот, на крајот порачаа дека „евентуален договор со кој и да е мандатар треба да се направи не со задни намери со цел зачувување на постојниот режим и на интересите на групата што го чини, туку со рационален пристап за државата да се ориентира кон демократизација, кон општ развој, отворањето перспективи, остварувањето на етничката рамнопра-вност и благосостојба, како и интегрирањето на Македонија во НАТО и во Европската унија“.

Доминантно во јавноста е мислењето дека Ахмети не е наивен кога смета оти сепак има смисла да очекува дека може и да се договори со Груевски, чија партија отворено одбива и да преговара за она што ДУИ тврди оти мора да биде прифатено без преговори. Повеќето аналитичари се на став дека лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ (со штедра помош од центарот/центрите каде што е смислена платформата на албанските партии) од старт имаат намера да не се договорат, а со „оптимизмот“ од исходот на преговорите (во случајот на Ахмети оптимистички е и самото влегување во преговори) само сакаат да скријат колку не им се допаѓа резултатот од изборите на 11 декември, кој одвај ги доведе во позиција да преговараат за формирање влада. Ова сценарио секако предвидува нови предвремени парламентарни избори. Неговата полукава варијанта е Груевски и Ахмети на истекот на рокот за преговори да соопштат дека не успеале да договорат платформа за владина коалиција, но оти во интерес на државата се сложиле да формираат времено мнозинство во Парламентот, што ќе избере претседател на Собранието, односно функционер кој според Уставот единствено може да распише избори по самораспуштање на пратениците. На ваков начин би можело да се стигне до легална, времена влада, најверојатно во форма на истата што сега ја имаме, со единствена агенда да ги организира новите избори. Во ваков случај, Груевски, а особено Ахмети, би се правдале дека не се откажале од нивните барања/позиции, туку само ги одложиле до преговорите за влада што би следеле по новиот изборен резултат за

откочување на позицијата што шаховски би ја нарекле „пат“.

Аналитичари: Груевски би направил секакви компромиси за да не го загуби влијанието врз правосудните ограни

Дека сè е можно, „имајќи предвид какви непринципиелни политичари имаме, на кои им е важен само личниот интерес, а не државниот“, па, и Груевски да се договори со Ахмети, смета професорот Јове Кекеновски. Според него не треба да зачуди и ако Груевски ги направи сите отстапки, и да се договори со ДУИ, со тоа што ќе прифати и двојазичност, знаејќи дека тоа не може да се реализира со двотретинско мнозинство. „Тој е подготвен на секакви компромиси, од причина што е свесен дека кога ќе замине во опозиција, неговата моќ ќе биде многу намалена во однос на влијанието врз правосудните органи и врз сите институции што ги контролираше. Веројатно е тој да прифати секакви компромиси и потоа да се обиде преку медиумите под негова контрола да го моделира мислењето на јавноста, особено на членството на ВМРОДПМНЕ“, вели Кекековски. Според него, сценарио што доаѓа предвид е и она во кое ДУИ би се обидела да го врати загубениот рејтинг кај своите гласачи со претстава дека цврсто застанала на црвените линии и не направила компромис со ВМРО-ДПМНЕ, по што би сакала нови избори на кои Ахмети би се прикажал како херој. „Од друга страна, ВМРО-ДПМНЕ, исто така, ќе тврди, користејќи ги своите медиуми, дека не направила компромис, и ќе продолжи да ја оцрнува СДСМ како партија што ги

КАДРИУ: ЗА НОВИ ИЗБОРИ МОРА ДА ИМА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕТО



www.kapital.mk

Капитал број 899 20.01.2017

34

ПОЛИТИКА

П

ЈОВЕ КЕКЕНОВСКИ професор:

овеќе од јасно е дека меѓународната заедница дигна раце од нас, имајќи предвид за какви манипулатори се работи овде во Македонија, кои од друга страна имаат против себе опозиција без доволно сила; и на крајот граѓани кои се лесно подмитливи и лесно подлегнуваат на манипулации.

распродала националните интереси“, вели Кекеновски. Трета варијанта што ја споменува професорот е Груевски и Ахмети да речат дека не можат да се договорат, односно да стигнат до компромис, но да направат некаков времен договор за формирање мнозинство што би избрало претседател на Собранието кој би распишал нови избори. Кекеновски е на став и дека во ситуацијата Македонија не може да смета на поодлучни интервенции од претставници на меѓународната заедница. „Повеќе од јасно е дека меѓународната заедница дигна раце од нас, имајќи предвид за какви манипулатори се работи овде во Македонија, кои од друга страна имаат против себе опозиција без доволно сила; и на крајот граѓани кои се лесно подмитливи и лесно подлегнуваат на манипулации.

С ОСМАН КАДРИУ професор:

игналите од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се за да нема влада. ДУИ поради силниот притисок одвнатре, од волјата на гласачите, и однадвор, дека мора да се прифати изборната волја за промени, може да му откаже продолжување на бракот на ВМРО-ДПМНЕ. Претседателот на државата, во тој случај, треба да определи мандатар од СДСМ, а според нашата анализа, по сè изгледа ДУИ нема да прифати да коалицира со СДСМ.

Странците велат, ако вие сами ништо не можете да решите, ниту ние не можеме да ви помогнеме“. Професорот Осман Кадриу вели дека состојбата е загрижувачка, дури и во однос на стабилноста на земјата и нејзините перспективи, а за реформите и да не зборуваме. „Сигналите, опструкциите, што меѓу редови ги испраќаат ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се за да нема влада. ДУИ поради силниот притисок од внатре, од волјата на гласачите, и од надвор, дека мора да се прифати изборната волја за промени, може да му откаже продолжување на бракот на ВМРО-ДПМНЕ. Претседателот на државата, во тој случај, во следниот круг треба да определи мандатар од СДСМ, и според нашата анализа, како албански интелектуалци, по сè изгледа ДУИ нема да прифати да коалицира со СДСМ. Со

тоа ќе се стави крај на правната држава и владеењето на правото; ќе се оди на нови предвремени избори, со проблемот каква влада ќе ги организира. Политичка влада како опција отпаѓа, останува техничка или експертска влада, а партиите на власт тоа нема да го прифатат. Најдобро е да добиеме политичка влада, до која треба да се дојде врз основа на мнозинството гласови, а јасна е волјата на мнозинството - тоа бара промени на власта во државата“, вели Кадриу. Професорот потенцира дека за да има нови избори мора да се постигне договор за избор на претседател на Собранието. Уставот е јасен што не остава простор за калкулации и интерпретации - избори распишува претседателот на Собранието, откако Парламентот ќе донесе одлука за самораспуштање. nnn

Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

www.kapital.mk

ПОКАНА На 2 март 2017 година (четврток) во просториите на НБРМ, на 8. кат, со почеток во 14 часот, ќе се одржи 24. сесија на Клубот на истражувачите. Доколку сакате да го презентирате Вашиот работен материјал на оваа сесија на Клубот на истражувачите, Ве молиме да нè известите најдоцна до 15 февруари 2017 година (среда). Се надеваме дека ќе предизвикаме интерес кај Вас и кај Вашите колеги за учество на Клубот на истражувачите. Ве молиме да го потврдите Вашето присуство на оваа сесија на Клубот на истражувачите најдоцна до 1 март (среда) 2017 година на тел. +389 2 3298 505; електронска пошта: marketing@kapital.com.mk Напоменуваме дека зачленувањето во Клубот е од отворен карактер, за што подетаљни информации можете да видите на следнава врска: www.nbrm.mk/Клуб на истражувачи.



Капитал број 899 20.01.2017

36

www.kapital.mk

БАЛКАН БИЗНИС И ПОЛИТИКА

ПОРАНЕШНИОТ ШЕФ НА ЦИА ЗА БАЛКАНОТ, С

ДОЈДЕ ВРЕМЕ ЗА ПОДЕЛБА НА КОС

МЕЈЕР: БЕЛГРАД БИ ТРЕБАЛО ДА ЈА ПРИМЕНИ ИДЕЈА


www.kapital.mk

СТИВЕН МЕЈЕР:

А СОВО

Капитал број 899 20.01.2017

37

“Владата на Вучиќ прво треба да ги извести ЕУ и Приштина дека го запира учеството во бриселскиот процес, зашто после три години и натаму не е постигнат значаен напредок. Белград мора јасно да стави до знаење дека Србија има волја да се впушти во преговори, и оти тоа и ќе го стори, но дури откако ќе се воспостави нова, поефикасна рамка“, пишува поранешниот шеф на ЦИА за Балканот, Стивен Мејер, за српски „Недељник“. Неговиот текст го пренесуваме во целост

П

„Поминаа скоро три години откако е потпишана Бриселската спогодба, а и повеќе откако Белград и Приштина почнаа преговори за изнаоѓање решение за проблемот на Косово. Со Бриселската спогодба досега не е постигнат особен успех, а малиот прогрес што е остварен воглавно се однесува на тривијални прашања - како телекомуникациите што немаат големо влијание на сржта на проблемот. Но, од чист очај, тие „помали“ проблеми Владата во Белград ги третираше како огромни достигнувања. Доколку на преговорите и натаму им се пристапува како на низа технички прашања, малку е веројатно дека некогаш ќе се случи некој значаен напредок на полето на навистина важните проблеми. Не е на одмет да се спомене, на пример, дека никаков исчекор нема ни во воспоставувањето на Заедницата на општини со српско мнозинство на Косово, поради косовската непопустливост.

КОЈ Е СТИВЕН МЕЈЕР?

А

второт на текстот, Стивен Мејер, е поранешен висок функционер и аналитичар на Централната разузнавачка агенција (CIA) за Балканот, кој ја вршел функцијата заменикшеф за овој регион. Три години предавал на најпрестижната воена академија на светот, Вест Поинт. Бил и професор по политички науки на Универзитетот Глазгов.

АТА ЗА ПОДЕЛБА НА КОСОВО ПО ЕТНИЧКИ ЛИНИИ


www.kapital.mk

Капитал број 899 20.01.2017

38

БАЛКАН БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Бриселската спогодба и натаму претставува неуспех, токму како и секој друг обид од 1999 година, да се најде праведно и правилно решение. Како и тие други напори, и овој пропадна поради прашањето на политичката легитимност, а сувереноста и авторитетот беа игнорирани. Додека ним не им се пристапи на соодветен начин, каков и да е исчекор на Косово, ако воопшто има такви нешто, нема да направи некоја разлика. Косовските Албанци на сè гледаат од перспектива дека Србите ќе направат што и да е за да и угодат на ЕУ, а оти Приштина може да си дозволи неумоливост, бидејќи времето е на нивна страна. Приштинските лидери сметаат дека ја уживаат поддршката на Западот, особено на САД, односно, оти Србија никогаш немала, ниту ќе има предност. На поширок план, Приштина е во право. Владата на Вучиќ со таква одлучност реши како жртва на олтарот на ЕУ да го принесе Косово, што официјален Белград Србија веднаш ја фрли во дефанзива. Белград вели и дека Србите никогаш нема да го предадат Косово. Но, малку по малку, токму тоа се случува. Секој обид за нормализација на односите од 1999 пропадна првенствено зашто не се решени фундаменталните прашања. Секој минат напор се засноваше на обидот двете страни да се задоволат со заплеткани, комплицирани, неефикасни шеми. Долго очекуваниот план на Ахтисари 2007/8, пропадна токму како и планот на Тадиќ во пет точки од 2012 година, што требаше да го унапреди оној на Ахтисари. Предлогот на Белград, на Косово да се воспостави „значајна автономија“ доколку покраината остане во состав на Србија, Приштина веднаш го одби. Меѓународниот суд на правдата во 2010 година утврди дека едностраната декларација за независноста на Косово не го повредила меѓународното право. Тоа не само што беше уште еден неуспех за Белград, туку беше и жестоко засрамување за Србите, што самите си го предизвикаа со својата непромислена, будалеста стратегија. Премиерите Ивица Дачиќ и Хашим Тачи, во 2012 година ги отворија прашањата во врска со трговијата, со царината и со факултетските дипломи, со цел да се приближат до поконкретни преговори. Тој обид, исто така, пропадна. Во последно време, согласноста на Владата на Србија на „технички преговори од дното кон врвот“, што од Белград се бараат со бриселскиот процес, не даде подобри резултати. Белград, во суштина, премолчено го предаде суверенитетот, а за возврат не доби ништо. Да разјасниме, секогаш кога Белград предава надлежност над помалите „технички“ нешта, тој го предава суверенитетот, а тоа е повреда на српскиот Устав и штета на сметка на српските национални интереси. Иронијата е што премиерот Вучиќ во 2015 година изјави дека Уставот нема да се менува,

а владината стратегија непрекинато ги поткопува уставните принципи на српскиот суверенитет над Косово. Единствениот српски политичар кој истакна дека е време за конечно да се нишани на важните прашања е Слободан Самарџиќ; тој во 2008 година предложи поделба на Косово по етнички линии. Неговата идеја беше наивно отфрлена. САД и одредени членки на ЕУ вршат огромен притисок врз Белград да ги „нормализира“ односите со Приштина, а премолчената согласност на Србија наградена е со отворање на правните текови на ЕУ. Зборовите „нормализација на односите меѓу Белград и Приштина“ звучат како да станува збор за спогодба меѓу две суверени држави. Тоа, барем јавно, не е она што Белград го сака, но, секако е во согласност со тежнеењата на Приштина. Сепак, прифаќањето на „техничките“ одредби на Бриселската спогодба не е единствен начин на кој би можеле да се нормализираат односите, да се смири ЕУ, а и натаму да не се напуштаат српските интереси. После скоро три години главно јалови преговори и напнати односи со Приштина, време е Белград да тргне

по друг пат. Но, на тој друг пат не смеат да се повторат пропаднатите обиди да се преговара за „технички прашања“. Наместо тоа, неопходно е Владата на Вучиќ - која тукушто почна нов мандат, да развие стратегија што ќе се фокусира на сериозни политички прашања, наместо да почне со оние помалку важните. Во нив е, на крајот на краиштата, сржта на проблемот. Владата на Вучиќ прво би требало да ги извести ЕУ и Приштина дека го запира учеството во бриселскиот процес, зашто после три години и непрестајно опирање на косовските Албанци и натаму не е постигнат значаен напредок. Понатаму, Белград мора јасно да стави до знаење дека Србија има волја да се впушти во преговори, и оти тоа и ќе го стори, но дури откако ќе се воспостави нова, поефикасна рамка. Приштина ќе го осуди ваквиот став, и ќе апелира ЕУ и САД да извршат притисок врз Србија. А ЕУ, одредени европски држави и САД ќе сторат така, ќе ја притиснат Србија да го промени курсот. Но, еднаш кога Белград ќе одлучи, не смее да се повлече. Второ, потребно е Белград да востанови

МЕЈЕР: ТРАМП НЕ ПОСЕДУВА МОЌ, НИТУ ПРАВО


www.kapital.mk

Капитал број 899 20.01.2017

39

Текстот на Мејер, дека е дојдено време за поделба на Косово, временски интересно се совпадна со српската провокација со возот со парола „Косово е Србија“, што косовските власти ја дочекаа како сервирана, а сето покажа колку се „конструктивни“ двете страни

рамка за преговори што ќе им служи на српските интереси, но истовремено да биде фер и правична кон сите актери. Накратко, Белград мора да ја преземе улогата на лидер во овој процес, наместо да ја прифати позицијата на послаб кој моли. Новиот пристап мора неизоставно да се позанимава со прашањето на суверенитетот. Таков пристап сè уште не е испробан. Единствено е постигнато Косово да стане уште еден во низата бескрајни „замрзнати конфликти“. Владата на Вучиќ дефинитивно покажа храброст пркосејќи им на ЕУ и на САД, со одбивањето да воведе санкции за Русија. Мора да биде подеднакво храбра и по прашањето за Косово. Во исто време, стратегијата на Белград мора да се фати во костец со реалноста на два фронта. Прво, Белград мора да го прифати тешкиот факт дека Србија нема да го добие Косово назад. Каков и да е обид во овој правец неминовно би потпалил војна – војна што Србија не би можела да ја добие. Според пишувањата на медиумите, вицепремиерот Ивица Дачиќ неодамна изјавил дека не се надева оти идниот претседател на САД, Доналд Трамп, ќе и го врати Косово на Србија.

Тоа е дефинитивно точно. Пред сè, Трамп не поседува моќ, авторитет, ниту право да стори нешто такво. Дотолку повеќе, не постои никаква прифатлива причина за неговата администрација воопшто да се обиде да направи такво нешто. Знам колку е Косово важно за српската историја, култура и вера. И знам колку им е тешко на Србите конечно да го прифатат фактот дека суверенитетот над областите јужно од реката Ибар е неповратно загубен. Но, за жал, факт е дека српскиот народ мора да се соочи со ова доколку има намера да тргне во подобар правец. Второ, на Косово и натаму живеат 150.000 Срби кои заслужуваат поддршка и заштита од Србија. Се подразбира, српската Влада е таа што мора да предочи нова политика во водењето на преговорите. Покрај тоа, дозволете ми да предложам потенцијален правец на дејствување. За почеток, Белград би требало да ја примени идејата на Самарџиќ од 2008 година, за поделба на Косово по етнички линии. Сходно на тоа, Србија би воспоставила целосен суверенитет северно од Ибар, каде Србите чинат над 90% од населението. Таа област хронично е соочена со проблеми како

високата стапка на невработеност и сиромаштијата. Таквата ситуација само дополнително ќе се влоши ако прашањето на суверенитетот не се реши благовремено. Тоа е судбина каква што народот во Косовска Митровица не заслужил, и е срамота што Владата на Србија и натаму ја допушта. Укинувањето на учеството на српската листа во Собранието на Косово би требало уште еднаш доволно добро да демонстрира колку е ситуацијата страшна за Србите на Косово, и дека е неопходно што поскоро да се пронајде решение. Областа јужно од Ибар би требало да потпадне под суверенитетот на Косово. Сите Албанци северно од реката, кои не сакаат да живеат под српски суверенитет, треба да се преселат на југ со помош на Обединетите нации. На Албанците, пак, кои сакаат да останат на север, мора да им биде загарантирано правото на сигурност и нормален живот. Тоа е можно да се постигне со спогодба меѓу Белград и Приштина, чие спроведување би го надгледувале Обединетите нации, а би подразбирала редовни контроли на теренот, со цел да се осигурат безбедноста и просперитетот на албанското население.“ nnn

ДА И ГО ВРАТИ КОСОВО НА СРБИЈА


www.kapital.mk

Капитал број 899 20.01.2017

40

ЛИДЕРИ

5

БИЗНИС ЛЕКЦИИ ОД ШЕФОТ НА AMAZON, ЏЕФ БЕЗОС

Уште од првиот годишен извештај како котирана компанија на берза во 1998-та, па сè до писмото што го напиша пред годишното собрание на компанијата закажано за 17 мај оваа година, Безос има една конзистентна порака: Градете култура, преземајте ризик и фокуси-рајте се на долг рок.

О

Основачот и директор на Amazon.com, Џеф Безос, безмалку половина од својот живот го посвети на тоа да ја револуционизира трговијата преку интернет, и сега е петтиот најбогат човек во светот. Неговата филозофија, што му помогна да се издигне од онлајн трговец со книги во глобален гигант со пазарна капитализација од 380 милијарди долари, може да се сфати од писмата што тој ги испраќа до акционерите на Amazon, откако компанијата почна да котира на берза во 1998-та.

Освен можеби првиот човек на Berkshire Hathaway, легендарниот инвеститор Ворен Бафет, веројатно ниту еден друг бизнис лидер не ги исполнува своите писма до акционерите со повеќе бизнис мудрост од Џеф Безос, кој што сега има 53 години. Уште од првиот годишен извештај како котирана компанија во 1998-та, па си до писмото што го напиша пред годишното собрание на компанијата закажано за 17 мај оваа година, тој има една конзистентна порака: Градете култура, преземајте ризик и фокусирајте се на долг рок. Чамат Палихапитија, инвеститор и еден од првите вработени во Facebook, на неодамнешна бизнис конференција рече дека Amazon е на добар пат за една деценија да биде компанија што ќе вреди дури три илјади милијарди долари. Ако се оствари тоа, во голема мера ќе биде благодарение на бизнис

филозофијата на Безос, коментираат светските аналитичари. “The Amazon Way”, како што стана препознатлива оваа филозофија, предизвика и доста контроверзии, но може да биде релевантна за бизниси од секаков калибар. CNBC споделува пет лекции што може да ги научиме од неговата успешна приказна.

1

Преокупирајте се со потрошувачите, а не со конкурентите

Безос често истакнува дека многу компании, особено од технолошката сфера, се преокупираат со конкурентите: чекаат да видат што ќе понудат ривалите, па потоа се трудат да му парираат на тоа. Наместо тоа, Amazon ги слушаше своите корисници и го градеше својот продукт Amazon Web Services со намера да го реши проблемот на многуте фирми што доживуваа брз раст или веќе беа големи, а не можеа да најдат соодветна

ПРОЦЕНА: ЗА 10 ГОДИНИ AMAZON МОЖЕ ДА ВРЕДИ 3000 милијарди долари



www.kapital.mk

Капитал број 899 20.01.2017

42

ЛИДЕРИ

апликација за веб услуги, како хостирање, чување податоци во “облак“, итн. AWS им понуди евтино и стабилно решение, и сега само овој продукт на Amazon, прави преку 10 милијарди долари годишно. Наравоучение: За да одите напред, мислете на својот продукт.

2

Преземајте ризици за да бидете лидери на пазарот

Три обида му требаа на Amazon за да ја лансира својата платформа како што треба. Прво беше Amazon Auctions, горе-долу она што eBay успеа да го направи во меѓувреме. Потоа бизнисот се трансформираше во zShops, и конечно во Amazon Marketplace. “Секогаш да преземате ризик, па макар и 10% шанса да имате за успех на проектот“, напиша Безос во првото писмо до акционерите од 1998 година. “Неуспехот и инвенцијата се нераздвојни близнаци. За да измислите нешто ново, треба да експериментирате, а кога би знаеле однапред дека тоа ќе функционира, тогаш не би било експеримент“. Наравоучение: Донесувајте храбри одлуки за инвестирање. Дури и да не успеете со проектот, ќе научите нешто за следниот пат.

3

Натерајте ги вработените да размислуваат како сопственици

Кога Безос го напиша првото писмо до акционерите, Аmazon имаше 614 вработени, во споредба со 158 претходната година. Сега има 230.000 и планира да вработи уште 100.000 луѓе со полно работно време во следните 18 месеци. Една од клучните работи во насока на оваа премиса на Безос е да се користи доделувањето акции како мотивација. “Ќе продолжиме со напорите да ангажираме и задржиме талентирани вработени, со тоа што нивната награда во добар дел ќе биде изразена преку можност да се стекнат со акции, попрво одошто награда во кеш“, напиша Безос уште пред 20-тина години. “Ние знаеме дека успехот во голема мера ќе ни зависи од способноста да привлечеме и задржиме мотивирани луѓе, од кои што секој треба да размислува како сопственик, и затоа, практично мора да биде сопственик“. Наравоучение: Било да е во вид на акции, бонуси или споделување на профитот, дајте им на вработените удел во успехот на компанијата.

Џеф Безос секоја година им пишува писмо на акционерите на Amazon каде што ја објаснува компаниската култура, визија и цели.

4

Изградете култура што е вистинската за вашата компанија

Корпоративната култура на Amazon е позната како прилично ригидна кога се работи за рационирање со трошоците, што не е чудно за компанија која работи за мал профит или со загуба повеќето од периодот откако е котирана на берза, според генерално прифатените сметководствени принципи. “Никогаш не сме велеле дека овој пристап е вистинскиот – туку само дека е нашиот“, Безос напиша во обраќањето до акционерите во 2015 година. “Изминативе две децении собравме голема група на истомисленици. Луѓе кои што нашиот пристап го сметаат за логичен и поттикнувачки“. Наравоучение: Не постои една единствена цел или повеќе цели кои што мора компанијата да ги прифати. Поентата е да се најдат неколку нешта што се најважни, да се повторуваат често и да се осигурите дека сите го прифаќаа тоа.

5

Мотивирајте ги луѓето со тоа што ќе ја намалите бирократијата

Безос смета дека постојат два вида на одлуки: клучни прашања за кои што одлуките тешко може да се поправат, што тој и нарекува “Тип 1 одлуки“ што ги носат највисоките менаџери, како и поголем број на тактички одлуки што тој ги нарекува “Тип 2 одлуки“, заради кои што бизнисот може да се врати чекор назад доколку се покажат погрешни. “Тип 2 одлуките треба да се носат брзо од индивидуалци со висока способност за расудување или помали групи“, Безос напиша во 2015-та. “Како што растат организациите, повеќето почнуваат своите процеси сè почесто да ги потпираат на Тип 1 одлуките. Крајниот резултат на овој тренд е стагнација и аверзија кон ризик“. Amazon се бореше против ваквата филозофија на начин што размислуваше и исфрли повеќе “out of the box” решенија, како Amazon Prime Video, за кое што компанијата вели дека е заслужно за растот на бизнис дивизијата Amazon Prime, но и за главниот бизнис со онлајн продажбите. Наравоучение: За да ја стимулирате иновативноста, намалете ја бирократијата и олеснете го донесувањето одлуки.


They say diamonds are forever… and so is an MBA!

Enjoy the most Valuable classroom experience – real life Harvard Business School case studies, business simulations and participant centered learning that enhance your strategic decisionmaking skills and critical thinking

a Rare opportunity to learn alongside esteemed professionals in order to build an extensive and exclusive network of useful contacts which could lead to new business opportunities The most Desirable and sought after degree in the world by employers, entrepreneurs and future leaders

World-class curriculum that applies a global outlook on current issues, taught by international faculty from top –tier schools with a rich portfolio of expertise

A brilliant cut to fit your demanding work schedule and maintain your work – life balance, giving you more flexibility to acquire the skills and experiences to fulfil your career objectives

Access to the Highest Quality internationally accredited degree by the Accreditation Council for Business Schools and Programs (USA) created as a combination of European and American educational standards

So don't lose a diamond, while chasing glitter! Enroll at the UACS MBA program! За повеќе информации: Бул. Трета македонска бригада бр. 60, 1000 Скопје Телефон: + 389 (0) 2 2463 156; 2463 159 Е-пошта: graduate@uacs.edu.mk

www.uacs.edu.mk

UACS SKOPJE

UACSKOPJE

YOUTUBE.COM/USER/UACSKOPJE

UACSKOPJE


www.kapital.mk

Капитал број 899 20.01.2017

44

ЛИДЕРИ

ТАЈНАТА НА МАРК ЗАКЕРБЕРГ

КАКО ДА НАПРАВИТЕ ЕКСТРЕМНО ЛОЈАЛНИ ВРАБОТЕНИ

С

Сакате ли да имате навистина лојални вработени? Толку лојални што може да им доверите информација, крајно сериозна за вашата компанија? Можете, а основачот на Facebook, Марк Закерберг откри како: почнете со тоа што ќе им верувате и ќе бидете потполно отворени. Тие ќе ја наградат таа ваша доверба. Секој петок

Закерберг ги собира вработените на Facebook на порелаксирани сесии каде што може да му поставуваат прашања за сè и сешто. Сите вработени може да присуствуваат, лично или преку видео врска, а оние што не можат, имаат прилика да гледаат снимка после тоа. Тоа значи дека сите 16.000 вработени имаат пристап до информации за компаниската работа и планови, нови продукти и сè друго што сакаат да знаат. Колку често овие информации протекуваат до љубопитните инвеститори или новинари? Речиси никогаш? Толку е ретко, вели Inc. com., што дури деновиве американските

медиуми пишуваа за тоа дека вработен во компанијата во јули 2015-та им кажал на новинарите за плановите на FB околу својот дигитален асистент потпомогнат од вештачка интелигенција, и Закерберг бил многу лут. На една од сесиите рекол дека одговорниот вработен ќе биде пронајден и избркан од работа. Следната недела соопштил дека тоа веќе е сторено. Се претпоставува дека некој друг вработен помогнал во откривањето. А, сега видете го Apple. Оваа компанија своите планови за нови производи ги чува до таа мера во строга тајност од “небитните“ вработени, што дури ангажира

МОТИВАЦИЈА: ВЕРУВАЈТЕ ИМ, ЌЕ ВИ БИДАТ ЛОЈАЛНИ


www.kapital.mk

Капитал број 899 20.01.2017

45

Пристапот на основачот на Facebook е многу едноставен. Но, требаат м..иња.

и приватно обезбедување за таа цел. Но, и покрај тоа, информации протекуваат за нивните производи (како на пример оние за Apple автомобилот) толку често, што постојат повеќе вебсајтови посветени само за копање вакви информации. Еден таков, MacRumors, неодамна објави листа на топ 10 протекувања на информации поврзани со Apple во 2016 година. Кој од овие два технолошки гиганти има преземено порадикални чекори за да ги сочува доверливите информации? И, кој на крајот на денот, завршил подобра работа? Има повеќе добри причини зошто довербата во вработените води кон нивна поголема лојалност и може да ви помогне да ги заштитите доверливите информации повеќе одошто некаква стриктна политика во таа насока. Еве неколку од нив:

1

Кршењето на правилата не е забавно ако е премногу лесно.

Еден пример што го истакнува авторот на текстов објавен на Inc.com. Еден ден патувала со своето момче со автобус, на една линија во САД. Било студен ден, и неколкумина патници чекале на автобуската постојка. Возачот излегол на пауза, но ја оставил вратата отворена за да може патниците да влезат, да не седат

на ладно. Тој не знаел кој платил карта, кој не платил (автобусот бил со кутија кај што се оставале парите за превозот), но сепак сите оставиле пари. Кога тргнал, една патничка прашала дали дента почнала да важи повисоката цена на превозот. “Да, од денеска “, одговорил возачот. Таа веднаш станала и отишла да ја доплати разликата. И потоа, сите патници го сториле истото. Ова е добра лекција за моќта на довербата. Нека луѓето знаат дека ја оставате вратата отворена за нив за да ја сторат вистинската работа или не, без ваша супервизија, и повеќето луѓе ќе ја сторат вистинската работа.

2

Вашата доверба е скапоцена “стока“ што вработените ќе сакаат да ја заштитат.

Тоа се случи во Facebook. Вработените со восхит гледаат на Закерберг, кој што е познат по тоа дека е срамежлив и не многу добар говорник пред публика. Но, на овие сесии со вработените тој обично зборува повеќе од еден час, видно порелаксиран и чувствувајќи се комфорно меѓу своите “соплеменици“. Вработените на Facebook високо ја ценат оваа можност да го слушаат и зборуваат својот прв човек на вака отворени сесии, и не сакаат некој да ја загрози оваа

привилегија. Затоа многумина и изигруваат полицајци во компанијата, односно се грижат чувствителните информации да не протечат. Оваа динамика му служи на Закерберг многу добро.

3

Компанија што се темели на доверба, работи подобро од онаа што не го прави тоа.

Своевремен еден главен извршен директор на поголема американска компанија на прашањето зошто тие работат подобро од нивните конкуренти, едноставно одговорил: “Затоа што им верувам на своите вработени. Довербата е тајната состојка. “ Тоа е одличен совет, и како што функционира за Закерберг, може да функционира за компанија од било која големина. Закерберг не дозволува некое повремено изигрување на довербата од страна на вработените, да ја уништи отворената и искрена врска што тој ја воспоставил со големото мнозинство на луѓето кои работат за него. Да, понекогаш ќе се случи некој кому сте верувале да ве разочара, и треба да реагирате остро ако тоа се случи, како што прави Закерберг. Но, останете фокусирани на големата слика, на довербата што сте ја создале помеѓу вас и вашите вработени. Ако го сторите тоа, ќе имате вработени лојални како оние на Facebook. nnn


www.kapital.mk

Капитал број 899 20.01.2017

46

ТЕХНОЛОГИЈА И НАУКА изградиле цел низ на уреди со кои тој спектар станува видлив, а најзначаен од сите ние е ренгенот. Меѓутоа, во следните 5 години технологијата на хиперимагинација и вештачка интелигенција ќе му овозможат на човекот да види многу подалеку. На пример, автомобилите ќе можат да користат различни сензори и камери со цел да гледаат во темница и магла, да детектираат објекти на патишта и за се да се информира возачот. Преку фотографијата на храната преку мобилниот телефон ќе може да се добијат информации за тоа дали храната која планираме да ја јадеме е здравствено исправна.

Ќе се дигитализира секој физички предмет

IBM ПРЕДВИДУВА:

5 ТЕХНОЛОШКИ ИНОВАЦИИ ЌЕ ГИ ПРОМЕНАТ НАШИТЕ ЖИВОТИ ВО СЛЕНДИТЕ 5 ГОДИНИ

Секоја година IBM објавува прогнози за тоа кои иновации во следните пет години значително ќе влијаат врз нашите животи. Еве кои се иновациите за кои експертите на IBM прогнозираат дека ќе имаат најголемо влијание.

С

екоја година IBM објавува прогнози за тоа кои иновации во следните пет години значително ќе влијаат врз нашите животи. Годинешните пет иновации на IBM се технологи кои или се се уте вофаза на развој или се веќе пласирани, а “технолошкото пророштво” на IBM се темели на истражување на пазарот, социјалните трендови и информациите собрани од разни делови на светот од лабараториите на IBM.

Вештачката интелигенција нашите зборови ќе ги претвори во лек за ментални заболувања

Пореметувањата во работата на мозокот, психичките и неуродегенеративни болести стануваат се поголем здравствен и економски терет на модерното друштво. Од депресија, биполарно пореметување или шизофренија болува секој петти Американец, а се проценува дека до 2010 година вкупните трошоци за лечење на ментални заболувања на светско ниво ќе достигнат 6 илјади милијарди долари.

Токму говорот и јасикот се клуч со кој се отклучува тајната на мозокот. Од IBM проценуваат дека за пет години она што ќе го изговориме и напишеме, ќе бидат индикатори за нашето психички и физичко здравје. Научниците на IBM соработуваат со клинички психијатри на конструирање на технологија со помош на која од записите на разговорите и аудио сведочењата на заболените ќе се прави рано дијагностицирање или откривање на можноста на заболување како психоза, депресија или шизофренија. Со употреба на технологијата која го анализира говорот ќе може рано да се детектира Паркинсонова, Алцхајмерова болест или аутизам/ Когнитивните компјутери заедно со постојните методи за лечење на овие болести, ќе станат алат за детекција на ментални заболувања, токму преку анализирање на писмото и говорот.

Хиперимагинацијата и вештачката интелигенција ќе ни овозможат вид како на Супермен

Човечкото око не може да види повеќе од 99,9% од електромагнетниот спектар. Во последните 100 години, научниците

IBM: ЌЕ СЕ ЛЕКУВА ПРЕКУ ГОВОР

Откако ќе се дигитализира информацијата, општествените и социјални контакти и банкарските трансакции, на ред е дигитализација на се опипливо во реалнио свет. Веќе имаме паметни сијалици, замрзнувачи, радијатори, а таа постапка за пренос на дигитално на се што има физички облик ќе се забрзува. Начинот на кој ќе се забрза управувањето со собраните информации ќе се користи не само за научни цели,туку и при начинот на користење и изборна физичките предмети.

Медицинските лабаратории ќе бидат во величина на чип

Во следните пет години, нанотехнологијата ќе ни донесе минијатурни медицински лабаратории во облик на нараквици, часовници и слични гаџети, со помош на кои ќе се мери притисок, крв, шеќер и сите оние индикатори се потребни за да се дијагностицира било каков грип или некое друго заболување. Биомаркери, анализа на крв и урина ќе можат да се пратат од удобноста на сопствениот дом. IBM веќе работи на нанотехнолошки чипови кои можат да препознаат честички во распон од 20 нанометри, што значи дека може да изолираат ДНА, вируси и егзоми. Овие биолошки честици помагаат во раната детекција на болести, пред појава на самите симптоми.

Паметни сензори за супер брзо откривање на загадување

Најголемиот дел на загадувачи не се видливи со човечко око, а видливи стануваат дури кога ќе настане штетата во околината. Метанот или CO2 се совршен пример. Силиконските фотони се во центарот на експертите на IBM кои настојуваат да осмислат мрежа на сензори кои би ги мереле точните емисии на метан или CO2 во атмосферата. Се разгледува дали таквите чипови ќе ги инсталираат во постојните сензори или самостојно ќе летаат како дронови. Во комбинација со сега веќе традиционалните извори кои кажуваат колкави се емисиите на штетни гасови во атмосферата, како на пример сателитите, во IBM се уверени дека ќе можат да изградат ефикасен систем кој ќе може многу брзо да ги открива изборите на загадување во нашата атмосфера. nnn


ИНСТИТУТ КОНЦЕПТ ВО СОРАБОТКА СО ЕРНСТ И ЈАНГ УСЛУГИ (EY) ОРГАНИЗИРАAТ:

ОБУКА ЗА ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ ТРЕНДОВИ И ПРАКТИЧНИ АСПЕКТИ

РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ: 31 ЈАНУАРИ 2017

l 2 февруари 2017 година (четврток) l 10:00-16:00 часот Институт Концепт, Скопје СОДРЖИНА НА ОБУКАТА:

l Вовед во трансферните цени l Меѓународни договори за избегнување на двојно оданочување l Примена на правилата за утврдување на трансферни цени во контекст на домашното законодавство l Методи за утврдување на трансферни цени l Преглед на потребна документација l Трансферни цени и прекугранично преместени работници l Македонска перспектива - предизвици и трендови l ДДВ аспект, царински и ценовен аспект на трансакциите помеѓу поврзани страни l Осврт на “BEPS” акциониот план

ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ОБУКАТА: Раководни лица, Финансиски менаџери, Раководители на сметководство во компании кои се дел од меѓународни претпријатија или домашни групации на правни лица.

ПРЕДАВАЧИ:

ВИКТОР МИТЕВ сениор менаџер во EY Софија НЕВЕНА КОВАЧЕВА лидер на праксата на EY

Македонија, Бугарија, Албанија и Косово за советодавни даночни услуги врзани за физички лица

ДУШКО СТЕВЧЕСКИ

сениор консултант во EY Македонија За повеќе информации посетете ја нашата веб страна: www.koncept.com.mk

КОНТАКТ: м-р Ленче Зикова и м-р Бојана Делидинкова le-mail: institut@koncept.com.mk l02 3128 526 l070 272 207

НА

ИЧ

9 7.9

Н АЗ ПР

н

НА ЦЕ

9де

жи ва 6 ата .201 7 нуд 12 01 по 01. 1.2 од 31.0 до

ЛАСЕРСКА ЕПИЛАЦИЈА НА ЦЕЛИ НОЗЕ

Скопје +389 2 / 321 66 08 www.ancevski.com.mk ancevski@laserlab.com.mk facebook.com / Ординација Д-р Анчевски

Сакајте ја Вашата к жа


Капитал број 899 20.01.2017

48

www.kapital.mk

TЕХНОЛОГИЈА

ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА И РОБОТИТЕ ЌЕ ДОНЕСАТ МАСОВНА НЕВРАБОТЕНОСТ Интелигентните машини ќе можат многу скоро да ги заменат луѓето во сите сектори на економијата, почнувајќи од такси возачи, па до сексуални работници. Научниците предупредуваат на рапидниот развој на вештачката интелигенција и роботиката кои се закануваат да предизвикаат масовна невработеност.

ПРОГНОЗА: РОБОТИТЕ МНОГУ СКОРО ЌЕ ГИ ЗАМ


www.kapital.mk

Капитал број 899 20.01.2017

49

И

Интелигентните машини многу скоро ќе ги заменат работниците во многу сектори во економијата, предвидува Американската асоцијација за унапредување во науката. “Се доближуваме до времето кога машините ќе бидат подготвени да ги надминат со перформанси во речиси секоја задача”, вели Моше ВАрди, професор за компјутерски науки на Rise University во Тексас. “Општеството мора да се соои со ова прашање пред да биде премногу доцна. Ако машините се способни да ја прават речиси секоја работа што можат да ја прават луѓето, што ќе работат луѓето? Типичниот одговор на ова прашање е дека луѓето ќе имаат повеќе време да се посветат на уживање и на други слободни активности, вели професорот Варди. “Но, не гледам проспект во таков начин на живеење, Верувам дека работата е клучна за добросостојбата на секој човек”, смета Варди. И Барт Селман, професор по компјутерски науки на Cornell University смета дека вештачката интелигенција се движи премногу брзо од академските истражувања во реалниот свет. “Компјутерите почнуваат да гледаат и слушаат исто како и луѓето.. Системите можат да почнат да се движат и да работат меѓу нас целосно автономно и независно од нас”, вели Селман. Според него, компаниите како Google, Facebook, IBM и Microsoft ги зголемуваат инвестициите во вештачка интелигенција на милијарди долари годишно. И двајцата професори сметаат дека владите и опшествата во целост не се соочуваат со забрзаниот развој на истражувањата за вештачката интелигенција и роботиката. Професорот Селман е дел од иницијативата на Future of Life Institute од Кембриџ, Масачусетс, која минатата година потпиша писмо на кое се потпишаа многу научници, во кое се повикуваат политичарите да почнат да ги истражуваат ризиците поврзан со растечките интелигентни машини. Помеѓу 10.000 потписници на тоа писмото е и Елон Маск, технолошкиот претприемач, чија фирма Tesla Motors има голема програма за вештачка интелигенција, која има за цел да ги развива автономни возила. Маск ќе го финансира истражувањето на Cornell University за бенефитите на вештачката интелигенција врз луѓето. Проектот треба да предвиди дали и кога ќе го постигнеме времето во кое супер-интелигенција ќе биде целосно супериорна во однос на луѓето. Според професорот Селман, една од областите во која има најголем напредок на вештачката интелигенција е машинската визија, и посебно препознавање на лица. “Facebook може да препознава лица подобро од сите нас”, вели Селман. Машинската визија е клуч на самоуправувачките автомобили, за кои научниците предвидуваат

Куќен робот ќе чува деца, ќе чисти...

А

ко сакате робот кој има човечки облик и кој ќе ви помага во секојдневните работи, ќе треба да почекате за тоа уште некое време. На годинешниот Саем за потрошувачка во Лас Вегас беа промовирани многу роботи кои се уште не се толку сестрани за да ги заменат луѓето, но кои можат да прават многу интересни и забавн работи. Можат да препознаваат лице, глас, да чистат по дома..Роботите правосмукалки стануваат веќе многу популарни низ целиот свет. Други роботи, пак, полека ја преземаат рабоата на работни места на кои се дава услуги на аеродромите и во банките. Во Јапонија е многу популарен роботот домашен љубимец. Тој има сензори по целото тело и реагира на допир, а со помош на аудио сензор можат да проценат од каде доаѓа звукот, па кога зборувате со нив тие се вртат кон вас и ве гледаат. Кога ќе ги повикаат доаѓаат, исто како домашните љубимци. Посетителите на Саемот CES 2017 можеа да видат и роботизирана љуљашка за бебиња и уште многу други забавни роботи.Инженерите велат дека сите тие служат какотест за новите технологии кои од роботот на крајот ќе направат вистински куќни помошници. дека ќе бидат на нашите улици во следните 25 години. Професорот Варди вели дека самоуправувачките возила можат да ги намалат несреќите за 90% и повеќе, споредено со автомобилите управувани од луѓе кои се склони на многу грешки. “Со толку многу животи сочувани и спречени повреди, ќе биде тешко морално за бил кој да се спротивстави со аргументи против тој тренд. Околу 10% од сите работни места во САД вклучуваат возење на автомобил и многу е веројатно дека тие работни места ќе исчезнат, односно нема да бидат потребни повеќе луѓе за да ги иозвршуваат тие работни места кои ќе бидат управувани преку паметни авто-пилоти. Професорот Варди смета дека ќе биде тешко да се помисли на било кое работно место кое нема да биде ранливо од вештачката интелигенција и роботите, па дури и сексуалните работници. “Дали вие ќе се обложите против секс со сексуални роботи? Јас не би се обложил”, вели Варди. nnn

МЕНАТ ЛУЃЕТО ВО МНОГУ СЕКТОРИ

Роботите ќе работат, а луѓето ќе добиваат универзална плата?

П

остојам, значи платен сум”. Ова би можело да стане новото мото на граѓаните во Европа, со оглед дека радикалната идеја дека владите би требало да им дава пари на сите, без оглед дали работат или не, или дали се богати или сиромашни, веќе полека, но сигурно пушта корени. Една од причините и аргументие заради овие експериментални проекти е и стравот дека во следните неколку децении ќе исчезнат десетина милиони работни места, бидејќи луѓето се повеќе ќе бидат заменувани од роботи, па редовниот приход е потег кој би ги смирил граѓаните кои би останале без работа.


www.kapital.mk

Капитал број 899 20.01.2016

50

ЛИДЕРИ

КЛАУС ШВАБ

ОСНОВАЧ НА СВЕТСКИОТ ЕКОНОМСКИ ФОРУМ - ДАВОС

НАЈДОБАР НАЧИН ДА СЕ ЗАМОЛЧАТ ЕКСТРЕМИСТИТЕ Е ДА СЕ ИЗГРАДИ ПОДОБАР СВЕТ

В

о 1971-та Клаус Шваб, Германец што долго време живее во Швајцарија, го основаше Европскиот менаџмент форум, кој што во 1987-та стана Светски Економски Форум, организација со седиште во Женева, а која што секој јануари во швајцарското

Имаме голема обврска не само да го гледаме сопствениот интерес, туку да сфатиме дека овој форум е почеток на раѓање на доверба меѓу нас.

Во новиов свет, не е дека големите ги јадат малите риби, туку сега брзите ги јадат бавните.

планинско гратче Давос ја одржува својата годишна средба. Деновиве светските бизнис и политички лидери дебатираат како да се поправи капитализмот и намали нееднаквоста, а ние издвоивме неколку изјави на основачот, инаку доктор по економија и инженерство.

Имаме преголема нееднаквост во светот. Ако продолжиме со економски раст каде што многумина не добиваат ништо, а невработеноста меѓу младите останува голем проблем, глобалната економија не е одржлива.

Најголемата промена во светот денес е тоа што младите не учат од старите, туку ги учат старите за светот денес.

Не е целта само да ги дефинираме проблемите; тука сме да помогнеме да се најдат решенија.

Само со креирање услови каде што претприемачите ќе ги реализираат своите идеи и ќе ги охрабруваат останатите, може да се надеваме дека голем дел од светските проблеми ќе бидат адресирани.

Најдобар начин да се замолчат екстремистите е да се изгради подобар свет.

Голем лидер има памет, визија, душа, вредности и срце.




Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.