900 kapital magazin

Page 1

ДАВОС 2017

ЛУЃЕ И КОМПАНИИ

БАЛКАН

НИ ЕЛИТАТА ВЕЌЕ НЕ ВЕРУВА ВО ГЛОБАЛИЗАЦИЈАТА

СВЕТОТ Е НА РАБОТ ОД “ТРЕТАТА ФАЗА НА ФИНАНСИСКАТА КРИЗА“

ALIBABA ЈА ШИРИ ИМПЕРИЈАТА ВО ЕВРОПА. ВО ИГРА СЕ ХРВАТСКА И УНГАРИЈА!?

Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

WWW.KAPITAL.MK

ДОНАЛД ТРАМП НА ЧЕЛО НА САД НОВАТА ПОЛИТИКА НА АМЕРИКА!

ИНВЕСТИЦИСКИОТ БУМ СЕДУМ ПАТИ ПОМАЛ

ВЕТЕНИ 3,8 МИЛИЈАРДИ, ИНВЕСТИРАНИ 580 МИЛИОНИ ЕВРА! БРОЈ 900 | ЦЕНА 100 ДЕН. 27 ЈАНУАРИ 2017 | ПЕТОК | ГОДИНА 18

НАЈИНОВАТИВНИТЕ КОМПАНИИ ВО СВЕТОТ



3

Капитал број 900 27.01.2017

СОДРЖИНА

04 04 06 08

PROFILE

TЕРЕЗА МЕЈ И по одлуката на Врховниот суд Британскиот Парламент нема да го попречи Брегзитот

НАВИГАТОР

Истекува рокот за договор меѓу Груевски и Ахмети Странците бараат влада со широка поддршка за реформи

COVER STORY

Давос не понуди решение на проблемите со кои се соочува светот Елитата веќе не верува во глобализацијата

ИНВЕСТИЦИСКИ БУМ - ТРЕС Повеќемесечното истражување на Балканската истражувачка мрежа на новинари (БИРН), „Странски инвестиции под лупа“, сумираше дека доколку се реализираа сите странски инвестиции што последните десет години ги најавија македонските власти, до денес ќе се изградеа најмалку 138 фабрики и други производствени или услужни капацитети, во вредност од 3,8 милијарди евра, во коишто ќе беа вработени вкупно 62.701 човек. Наспроти тоа, во периодот од 2007 до 2016 година, инвестирани биле околу 580 милиони евра, а странските инвеститори отвориле 20.246 работни места. XX Стр.16

40

24 16 24 32

АНАЛИЗА

Истражување на БИРН Инвестицискиот бум седум пати помал: Ветени 3,8 милијарди евра, инвестирани 580 милиони евра

40

БАЛКАН

44

ЛУЃЕ И КОМПАНИИ

46

СВЕТ

48

ТЕХНОЛОГИЈА

50

ЛИДЕРИ

ЛУЃЕ И КОМПАНИИ

Светот е на работ од “третата фаза на финансиската криза“ Како да се менаџира во новата економска реалност

СВЕТ

Претседателство на големи промени и големи стравувања Трамп доследен на кампањата и откако влезе во Белата куќа

НОВА КРИЗА, НОВО МЕНАЏИРАЊЕ

Кинезот Џек Ма ја шири империјата во Европа И вака се кратат трошоци “Форекастинг“ за успешно менаџирање со набавките Најиновативните компании во светот Глобален конзорциум ќе развива автомобили „на водород“ ДРУ ХЈУСТОН

основач и директор на Dropbox

ТРАМП: THE BEGINNING

Брегзит, новите глобални односи под влијание на политиките на Трамп, опасностите од тероризам, нови бранови од бегалци во Европа... Згора на сè, најави за нова финансиска криза...Сето ова на некаков начин има ефект врз бизнисите на македонските компании, особено оние што извезуваат. Како да се менаџира во вакви услови? Со помош на SWOT анализа направивме “крвна слика“ на домашните бизнис лидери: кои се нивните силни и слаби страни, можности и опасности за нив? Ги анализиравме и очекувањата на 1400 извршни директори на компании од цел свет за тоа што ќе се случува во 2017 година.

Не требаше да се чека првиот работен ден на новиот американски претседател, Доналд Трамп - понеделникот, 23 јануари, за да се покаже дека од него дефинитивно треба да се очекува нова, во вистинската смисла на зборот, политика на САД. Веќе часови по инаугурацискиот говор што беше оценет како еден од најнегативните, популистички и националистички меѓу сите што досега ги одржале новите американски претседатели, Трамп, со низа укази и наложи на својата администрација да го запре спроведувањето на некои важни реформи донесени во мандатот на неговиот претходник Барак Обама.

XX Стр. 24

XX Стр. 32

Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје l Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31 l П. ФАХ 503, 1000 Скопје l Директор и одговорен уредник: Љупчо Зиков l Печати: Графички центар Скопје, ул. Скупи бб, 1000 Скопје l Тираж: 3.000 примероци l Датум на печатење: 26.01.2017


Капитал број 899 20.01.2017

www.kapital.mk

PROFILE 4

И ПО ОДЛУКАТА НА ВРХОВНИОТ СУД

БРИТАНСКИОТ ПАРЛАМЕНТ НЕМА ДА ГО ПОПРЕЧИ БРЕГЗИТОТ

И по одлуката на британскиот Врховен суд, дека Парламентот треба да одобри почеток на Брегзитот, излегувањето на Обединетото Кралство од ЕУ не е доведено во прашање, зашто и опозициските лабуристи ветија оти нема да го блокираат активирањето на членот 50, а Судот оцени и дека Владата на Тереза Меј нема потреба да ги консултира за процесот локалните влади, како онаа на Шкотска, чии жители главно гласаа за останување во ЕУ

ЕКСПЕРТИ: ГЛАВНИОТ ПРОБЛЕМ ЗА ТЕРЕЗА МЕЈ НЕМА


www.kapital.mk

Капитал број 900 27.01.2017

Б

PROFILE

5

Британскиот Парламент треба да го одобри почетокот на Брегзитот, пред Владата да почне да преговара со Европската унија, одлучи Врховниот суд на Велика Британија. Одлуката значи дека на премиерката Тереза Меј и треба одобрување од пратениците за да го активира членот 50 од Договорот за ЕУ. Одлуката на Судот беше донесена со осум гласа „за“ и три „против“, соопшти BBC. Тереза Меј вети дека ќе го почне процесот пред крајот на март, а нејзината Влада е подготвена да спроведе дебати во Парламентот веќе „утре“. Претседателот на Врховниот суд, лордот Њубергер, изјави: „Владата има прерогативна власт да менува договори, но тоа не може да го прави ако се одрази врз правата на луѓето“.

Што ќе следи?

Теоретски, Тереза Меј би можела да го испрати прашањето до Европскиот суд во Луксембург, што е следната инстанца по националниот Врховен суд. Но, шансите за тоа се речиси непостоечки, посочува BBC – вакво обжалување би го забавило процесот уште повеќе. Освен тоа, излегувањето на Велика Британија од јурисдикцијата на Судот во Луксембург е едно од најважните барања на Тереза Меј.

А што може да се очекува од Парламентот?

Премиерката располага со кревко мнозинство во Долниот дом на Парламентот, но се очекува членот 50 да биде одобрен без потешкотии, зашто главната опозициска партија, Лабуристичката, вети дека нема да го блокира. Лидерот на лабуристите, Џереми Корбин, изјави само дека неговата партија „ќе поднесе исправки, барајќи гаранции за пристап до единствениот пазар и за заштитата на правата“ на работниците. Пратениците, од кои повеќето агитираа против Брегзит, веќе признаваат дека излегувањето од ЕУ е неизбежно. Шкотската национална партија која има 54 од вкупно 650 пратеници во Долниот дом, одлучно се спротивставува на излегувањето на Велика Британија од ЕУ. На прашањето – дали Брегзитот може да биде запрен, одговорот е теоретски да, но реално, многу тешко. Само еден

конзервативен пратеник, Кен Кларк, откри дека ќе гласа против Брегзит.

Ќе се чуе ли гласот на Шкотска, на Велс и на Северна Ирска?

Претседателот на Врховниот суд, лордот Њубергер, изјави дека судиите биле единствени кога одлучиле дека Владата на Обединетото Кралство нема потреба да се консултира со регионалните влади пред да го активира членот 50. Оваа одлука се однесува на владите на Шкотска, на Велс и на Северна Ирска. Ова веројатно ќе ги разочара Шкотланѓаните, од кои повеќето гласаа за останува во ЕУ, и чија премиерка Никола Стерџон застана на чело на опозицијата против „цврст“ Брегзит.

Прерогативите и проблемите

Одлуката на долната инстанца од почетокот на ноември го предизвика гневот на поддржувачите на Брегзитот, зашто тие ја сметаа за обид за ревизија на резултатите од референдумот на 23 јуни, со кој Британците го поддржаа напуштањето на ЕУ. Исто како Тереза Меј, тие тврдеа дека реализацијата на Брегзитот е прерогатив

А ДА БИДЕ ВО ПАРЛАМЕНТОТ

на извршната власт, што не бара одобрување од Парламентот. „Нештата ќе беа многу поедноставни, ако премиерката можеше да го исполни овој прерогатив така како што мисли дека е најдобро. Проблемот е што ниту еден судија не одлучувал по вакво нешто од седумнаесеттиот век наваму“, изјави професорот по право од Лондон, Џоу Маркенс. Иако одлуката на пратениците изгледа предвидливо јасна, Тереза Меј е можно да ја загубила поддршката на мал дел од лабуристите, откако објави оти државата одлучно ќе го напушти единствениот пазар на ЕУ. Во исто време, вели професорот по политички науки на лондонскиот универзитет Кралицата Мери, Тим Бејл, опозицијата против Тереза Меј во Конзервативната партија веќе и воопшто ја нема. „Главниот проблем нема да биде во Долниот дом на Парламентот“, смета тој. „Главниот проблем ќе бидат 27-те лидери (на европските држави), со кои ќе треба да преговара“ по активирањето на членот 50, смета професорот. nnn


www.kapital.mk

Капитал број 900 27.01.2017

6

НАВИГАТОР ИЗЈАВА НА НЕДЕЛАТА

> БРОЈКА

ПОВЕЌЕ КОРУПЦИЈА ОД МАКЕДО

278

ранспаренси интернешнл“ го објави Индексот на перцепција на корупцијата за 2016 година. Македонија е на 90-то место место меѓу 176 земји од светот, со пад во однос на 2015 година – сега има 37 поени, за разлика од 42 во 2015. Во регионот од Македонија полошо рангирано е само Косово, кое е на 95-то место, со 36 поени, но кај соседната ни држава има подобрување, зашто во 2015 година имала 33 поени на Индексот. Словенија, според овој Индекс, има најмалку

евра е просечната плата во преработувачката индустрија

МАРИО ДРАГИ

Секоја држава што сака да излезе од еврозоната мора прво да ги подмири своите обврски и побарувања кон Европската централна банка.

гувернер на Европската централна банка

Т

ИСТЕКУВА РОКОТ ЗА ДОГОВОР МЕЃУ ГРУЕВСКИ И АХМЕТИ

СТРАНЦИТЕ БАРААТ ВЛА СО ШИРОКА ПОДДРШК пишува:

В

Максим Ристески

maksim.risteski@kapital.mk

ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ имаат уште два дена за преговори за составување влада – до затворањето на овој број немаше нешто официјално. Официјално е само дека повикувањето на портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, на Мајскиот договор (од 2007 година), односно на принципот дека „победникот во албанската заедница го избира партнерот победник во македонскиот блок“ (како што рече Османи), не може да се заснова на текстот на договорот. Според она што го објави Алсат-М – телевизијата која обезбедила примерок од Мајскиот договор, во документот во овој контекст стои само дека „со враќањето на ДУИ во Собранието, партиите се договараат за продолжување на разговорите за начинот на формирање на владата“. За потсетување, ВМРО-ДПМНЕ во 2006 година, по победата на парламентарните избори, не направи коалиција со победникот во албанскиот блок, ДУИ, туку со ДПА,

поради што партијата на Али Ахмети ја бојкотираше работата на Парламентот. ДУИ се врати во Собранието со Мајскиот договор поддржан од меѓународната заедница, со кој беше договорена (меѓу лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и Ахмети) листа на закони што ќе се носат со Бадинтер; измени во составот

на парламентарната комисија за односи меѓу заедниците; решавање на статусот на учесниците во конфликтот од 2001 година, и на албанскиот јазик. Како што напиша Ермира Мехмети во 2008 година, во колумна за Утрински, за делот од договорот на кој се повика Османи, во него само стои „разгледување на методите


www.kapital.mk

Капитал број 900 27.01.2017

7

ОНИЈА ИМА САМО ВО КОСОВО корупција во регионот, и се наоѓа на 31-вото место, со 61 поен. Хрватска е 55-та со 49 поени; Црна Гора 64-та со 45 поени; Србија на 72-то место со 42 поени; пред нас е и Босна и Херцеговина, која со Албанија го дели 83-тото место, со 39 поени. Најдобри на листата според Индексот на перцепција на корупцијата се Данска и Нов Зеланд, кои го делат врвот со скор од 90 поени, а зад нив се Финска, Шведска, Швајцарија, Норвешка. На дното, пак, се Сомалија, со 10 поени; Јужен Судан со 11; Северна Кореја со 12.

мисла на неделата Ако не сте засрамени од првата верзија на вашиот продукт, значи сте го лансирале предоцна

Рејд Хофман ко-сосновач на LinkedIn

> БРОЈКА

6

милиони евра се трошоците за увоз на струја само за јануари годинава

лидери

АДА КА ЗА РЕФОРМИ

Од преговорите на Груевски и Ахмети за составување влада досега официјално е само повикувањето на ДУИ на „принципот“ што се покажа дека го нема во Мајскиот договор – влада да прават победничките партии во македонскиот и албанскиот блок. А странците продолжуваат да порачуваат дека на Македонија и треба влада што ќе има широка поддршка во Парламентот за спроведување итни реформи

на избор на Владата“. Со други зборови, нема ништо од цврста поставеност на принципот „победник со победник“ (барем не во Мајскиот договор) ако Груевски и Ахмети не успеат да се договорат, што, ако се гледа однадвор, врз база на барањата на ДУИ и ставовите на ВМРОДПМНЕ - и едните и другите бескомпромисно поставени, ќе биде многу тешко. Кога велиме однадвор, мислиме без да се имаат предвид јасните индиции дека и двајцата лидери се водени од некои силни лични причини да го направат и невозможното за да се договорат (што не ја исклучува можноста договорот да биде и нови избори, во околности што тие, колку што може, би ги контролирале). Од друга страна, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, очекува „на 29 јануари мандатот да биде во наши раце“, и верува дека „владата ќе биде предводена од СДСМ“. Образложението што го даде е дека „мнозинството граѓани, над 612 илјади, се определија за промени“. Странците, пак, остануваат доследни на очекувањата новата влада да биде брзо формирана, и да има поддршка од широко парламентарно мнозинство. За еврокомесарот Јоханес Хан нема дилеми дека само ваква

влада може да ги спроведе итно потребните реформи. За реформите, особено оние што произлегуваат од извештајот на Рајнхард Прибе, се заложи и амбасадорот на Велика Британија во Македонија, Чарлс Герет. Според него приоритет на новата влада треба да биде токму Прибе, како што изјави во емисијата „360 степени“ на Алсат-М. Прилично недвосмислено амбасадорот рече дека „основна задача за новата влада е да го промени она што Европската комисија го нарече „заробување на државните институции““. „Добрата вест за Македонија е тоа што јасно и во детали сè е поставено во извештајот од Европската комисија за напредокот на земјата, како и во итните реформски приоритети; во извештајот на Прибе, како и во Договорот од Пржино. Во нив во детали се опишува што треба да се направи во конкретни сектори како судството, јавната администрација, медиумите, борбата против корупцијата. Паралелно, во нив е наведена и целосна одговорност за прашања споменати во прислушуваните разговори, за нивно целосно истражување“, рече Герет. nnn

ЏЕК МА

Alibaba има 54% раст на приходите, многу поголем од очекувањата на аналитичарите

ИЛОН МАСК

Tesla Model S е „електромобил со најголем опсег во светот", сега зголемен на 540 километри

не им беше неделата

СОРИН ГРИНДЕАНУ

романската Влада се соочува со масовни протести поради намерите да ја декриминализира корупцијата

СТИПЕ МЕСИЌ

поранешниот хрватски претседател во „протечена“ снимка ги негира злосторствата во Јасеновац


Капитал број 900 27.01.2017

www.kapital.mk

COVER STORY: ДАВОС НЕ ПОНУДИ РЕШЕНИЕ Н

8

COVER STORY

ЕЛИТАТА ВЕЌ ВО ГЛОБАЛИ

САД речиси седум децении беа лидери на проектот за глобализација и слободна трговија, а откако земјите во развој на чело со Кина се појавија на светскиот пазар како големи производители и извозници, сега се лидери на еден нов тренд на

протекционизам и ставање на националната економија на прво место. Се погласно се зборува за фер, наместо за слободна трговија, во која домашните индустрии и пазари ќе бидат заштитени од нелојална конкуренција и ќе бидат ставени на прво место

ЏИНПИН: ПРОТЕКЦИОНИЗМОТ Е КАКО ДА СЕ ЗАКЛУЧИШ


www.kapital.mk

Капитал број 900 27.01.2017

НА ПРОБЛЕМИТЕ СО КОИ СЕ СООЧУВА СВЕТОТ

9

ЌЕ НЕ ВЕРУВА ИЗАЦИЈАТА

во економските политики на политичарите. Дали е ова време за Македонија и уште многу други земји во развој, кои беа и се уште се уверени дека економиите може да ги градат на евтино задолжување и со привлекување на странски капитал преку

концептот на евтина работка рака, да ги променат политиките со кои ги изгубија домашните индустрии и потонаа во долгови кои се потешко се враќаат, заради тоа што станаа целосно неконкурентни во светската трговија?!

Ш ВО ТЕМНА СОБА, БЕЗ ПРИСТАП ДО ВОЗДУХ И СВЕТЛИНА.


www.kapital.mk

Капитал број 900 27.01.2017

10

COVER STORY

пишува:

Б

Биљана Здравковска Стојчевска biljana.zdravkovska@kapital.mk

Светските политички и бизнис лидери кои учествуваа на Светскиот економски форум во Давос имаат многу причини за грижа. Светот се соочува со можеби најголемата неизвесност и криза во управувањето, како на економски, така и на политички план, по Втората светска војна. Повторно се зборува за национални економии, за затворање на границите, за подигдање на сидови, за воведување на големи царини, што за многу аналитичари потсетува на периодот пред Втората светска војна. На годинешниот самит во Давос, на кој учествуваа основачот на Microsoft, Бил Гејтс, извршниот директор на JPMorgan, Џејми Дајмон, кинескиот претседател Си Џинпинг, како и уште 400 други светски бизнис и политички лидери, се дискутираше за многу проблеми со кои се соочува светот, меѓу кои и како да се подобри состојбата во економијата и како да се намали нееднаквоста во богатсвото кое станува се поголема.

Годинешната средба во Давос се случува во услови кога претседателот Трамп се закани да воведе увозни царини на важни партнери како Кина и Мексико, што пак се закакнува да поттикне глобална трговска војна. Резултатот од тоа би било крах на глобалниот систем на трговија и довербата кои помогнаа да се одржи мирот по Втората светска војна. Очигледно, случувањата во изминатата година, почнувајќи од Брегзит, па се до изборот на Доналд Трамп, се спротивни на се она за што се залага Давос –економска глобализација и меѓународна соработка. “После години на носење на товарот од губењето на работни места како резултат на глобализацијата и растечката нееднаквост, милиони луѓе кои никогаш не билe ни близу до швајцарското зимско одмаралиште Давос, конечно рекоа “што е доволно, доволно е”, изјави Ричард Куест во својата емисија на CNN. И не може да им се замери, вели Куест. Покрај големата разлика во личното богатство кое се јавува на пример помеѓу 1% од најбогатите во споредба со останатите луѓе на планетата, се поочигледни се и разликите во развојот и богатсвото на земјите. На пример, додека повеќето земји од југот на Европа мака мачат да обезбедат минимален раст на економиите кои тонат во задолженост, економскиот лидер на Европската Унија, Германија, бележи рекорен раст на извозот, суфицити во трговијата и буџетот и рекордно ниска невработеност. САД речиси седум децении беа лидери на проектот за глобализација и слободна трговија, а откако земјите во развој на

чело со Кина се појавија на светскиот пазар како големи производители и извозници, сега се лидери на еден нов тренд на протекционизам и ставање на националната економија на прво место. Се погласно се зборува за фер, наместо за слободна трговија, во која домашните индустрии и пазари ќе бидат заштитени од нелојална конкуренција и ќе бидат ставени на прво место во економските политики на политичарите. За волја на вистината и во изминатите неколку децении на економска глобализација, големи развиени економии кои беа лидери во овој процес во ниту еден момент не дозволија овој процес на глобализација да им наштети на домашните компании и индустрии, не дозволија странските компании да имаат поголеми придобивки и поповолни услови за бизнис од домашните компании, не дозволија стратешките национални компании и индустрии да бидат купени од странци, не дозволија увоз на производи по дампинг цени и со непроверен квалитет и правеа многу јасна разлика помеѓу фер и нелојална конкуренција на пазарот. За разлика од нив, Македонија и уште многу други земји во развој, кои беа и се уште се уверени дека економиите може да ги градат на евтино задолжување и со привлекување на странски капитал преку концептот на евтина работка рака, ги изгубија домашните индустрии и потонаа во долгови кои се потешко се враќаат, заради тоа што станаа целосно неконкурентни во светската трговија. Станаа тотално зависни од увоз и од задолжување, без визија каде се движат и кое е нивното место во

ФАКТ: СЛУЧУВАЊАТА ЛАНИ, ОД БРЕГЗИТ, ПА ДО ИЗБОРОТ НА ДО


www.kapital.mk

Капитал број 900 27.01.2017

11 ЏЕК МА основач на кинескиот гигант за онлајн продажба Alibaba ДО ПРЕД 10 ГОДИНИ, ГЛОБАЛИЗАЦИЈАТА БЕШЕ СОВРШЕНА СТРАТЕГИЈА ЗА САД, НА КОЈА ЗАРАБОТИЈА МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ

Н

а годинешниот Форум во Давос говореше и Џек Ма, основачот на кинескиот гигант за онлајн продажба Alibaba кој за многумина многу точно го лоцирал проблемот кој ја мачи Америка. Пред десетина година глобализацијата беше совршена стратегија за САД. Американските компании размислуваа: сакаме само технологија и интелектуална сопственост и бренд, а останатите работи ќе им ги препуштиме на Кинезите и Мексиканците. И со таквото размислување заработија милијарди долари од глобализацијата”, вели Ма. Кога дипломирав сакав да купам пејџер кој чинеше 250 долари, а

светската трговија, и без идеја како да создада економија која отвара работни места и која креира подобар животниот стандард и поголеми приходи за граѓаните. Сега дилемата која се наметнува е дали глобализацијата е вистинската причина заради која се случува се поголемата разлика меѓу богатите и сиромашните или пак причината е во погрешните модели на управување кои се практикуваа, а кои немаат никаква допирна точка со слободниот пазар и со слободната трговија? Како и да е, Трамп покажа дека е сериозен за своите предизборни ветувања за заштита на американската економија, па политичките и бизнис лидери во Давос годинава најмногу беа фокусирани како да се подготват за промените кои се случуваат и кои допрва ќе се случуваат во светската економија.

Лидерската улога на Кина

Уште пред официјално да почне самитот во Давос, Кина веќе беше на насловните страници во светските медиуми. Не само што кинескиот претседател Си Џинпао е првиот претседател на Кина кој дошол на Давос, туку тој со себе годинава ја донесе најголемата кинеска делегација. Во својот говор Џинпинг се наметна како шампион на економската глобализација. Претседателот на Кина високо го подигна паднатото знаме на глобализацијата, уверувајќи дека и покрај противењето на Западот, Кина ќе ги заштитува принципите на глобализацијата, верувајќи дека овој процес се уште има моќ да ги промени животите на луѓето на подобро. “Повеќето од проблемите кои денеска

месечна плата беше 10 долари, раскажува Ма. “IBM и Microsoft тогаш праве поголеми профит од четирите најголеми кинески банки. Каде отидоа сите тие пари? Кинезите пред 30 години слушнаа за Ford и Boeing, а денес зборуваат за фирми во Силиконската долина и Wall Street. Во истиот период, САД потрошија многу пари на надворешни конфликти. Во последните 30 години Америка потрошиле 14,2 милијарди долари на 12 војни кои се воделе на странско тло. Колку и да била добра вашата стратегија требало да трошите повеќе пари на сопствените луѓе”, порача Џек Ма во својот говор во Давос.

го мачат светот не се предизвикани од економската глобализација”, изјави Џинпинг во својот говор, во кој многу аналитичари видоа најава за новата лидерска улога на Кина во светската економија. Според Џинпин, протекционизмот е како да се заклучиш во темна соба, ограничувајќи го пристапот до воздух и светлина. Во своето излагање тој категорично ја критикуваше позицијата на Доналд Трамп да ја постави Америка на прво место. Она што беше очигледно за многумина посетители годинава во Давос е намаленото американско влијание. Оваа година многу дискусии се претвориле во барање решение за тоа како светот ќе се справи ако САД одбијат да бидат лидери за прашањата од меѓународна трговија, па се до човечки права и заштита на животната средина. “Треба да се подготвиме за нов свет, во кој Америка е пречка за меѓународната трговија”, изјави Кишор Махбубани, професор за јавна политика на Националниот универзитет во Сингапур. Ројтерс и други водечки западни медиуми коментираат дека додека западните демократи се во криза под притисок на популистите и националистите, обраќањето на Џинпин кон политичарите, банкарите и водечките менаџери во Давос е предвесник на разместувањето во светскиот геополитички пејсаж. Говорејќи пред аудиториумот во кој беше и екс-вицепретседателот на САД, Џо Бајден, кинескиот државен врв го поистовети протекционизмот со затворање во темна соба во која ќе се стопира и влезот на

секаква светлина и воздух, “Никој нема да излезе победник од една трговска војна”, изјави кинескиот претседател. И додека Пекинг ги испитува можностите Кина да стане економски светски лидер, Доналд Трамп отворено зборува за протекционизам.

Неуспех на глобализацијата

Една од главните теми за кои се дискутираше на годинешниот смит во Давос е неуспехот на процесот на глобализација. Многу западни лидери почнуваат да веруваат дека глобализацијата не обезбедува подеднаков развој за сите и дека нема лек за растечката нееднаквост помеѓу богатите и сиромашните. Според нив, неуспехот на глобализација да обезбеди подеднаква корист за сите е причината за растечкиот популизам во светот. Најголемиот дел од бизнис лидерите кои беа присутни на Давос сметаат дека токму порастот на популизмот во развиените земји, кој подразбира и негативен однос кон глобализација е најголема грижа за учесниците на глобалниот пазар и најголема закана за светската економија. “Популизмот не е само верување дека глобализацијата е виновна за големата разлика во богатството. Тоа е прашање на национализам, на добивање на поголема контрола и зголемен поларитет. Левичарите стануваа полеви, а десничарите стануваа подесни и динамиката со која тоа се случува го прави популизмот најважно прашање на глобално ниво”, вели Реј Делио, основач на најголемиот хеџ фонд во светот Bridgewater

ОНАЛД ТРАМП, СЕ СПРОТИВНИ НА СЕ ЗА ШТО СЕ ЗАЛАГА ДАВОС


www.kapital.mk

Капитал број 900 27.01.2017

12

COVER STORY

А

ФАКТИ ЗА ДАВОС XX На Светскиот економски форум во Давос годинава учествувале околу 2.000 луѓе. XX Просечната старост на учесниците е нешто под 50 години. Најголем дел од нив се мажи, а само 20% од учесниците се жени XX Учесниците се претставници на 1.000 организации од 100 земји, а најголем дел од нив се од Западна Европа и Северна Америка. XX За да учествува некој на Давос мора да добие покана за учество од Светскиот економски форум кој е организатор на овој настан за кој мора да се плати котизација. Трошокот за учество на овој Форум е многу висок, иако тоа ретко се лични пари и тие се одбиваат од основата за оданочување. XX Постои една основна карта која дозволува учество во генералните сесии. Треба да се плати дополнителен надомест ксо кој учесниците добиваат статус на Industry Associate, со што им е дозволено учество во приватни сесии.

Associates, кој управува со актива од 150 милијарди долари. Според економскиот нобеловец Нуриел Рубини главното чувство кое преовладувало годинава на Давос е дека ја живееме најголемата геополитичка промена која не е видена уште од крајот на Студената војна. “Ако САД беагаат од глобализацијата, ќе и дадат шанса на Кина да стане шампион во слободната трговија. Но, Кина не е

НУРИЕЛ РУБИНИ економски нобеловец

ко САД беагаат од глобализацијата, ќе и дадат шанса на Кина да стане шампион во слободната трговија. Но, Кина не е глобален лидер. Кина е само една од растечките сили. Се движиме кон свет во кој ќе има повеќе големи сили. Овие големи сили или ќе работат заедно, или ќе има растечки поделби и конфликти во поглед на трговијата и валутите, економијата и финансиите.

глобален лидер. Кина е само една од растечките сили. Се движиме кон свет во кој ќе има повеќе големи сили. Овие големи сили или ќе работат заедно, или ќе има растечки поделби и конфликти во поглед на трговијата и валутите, економијата и финансиите”, смета Рубини. Кина лани придонесе со 39% во светскиот економски раст. Со популација од 1,3 милијарди, Кина е сега втора најголема економија во светот, по САД. Но, повеќето се уверени еднопартискиот комунистички систем на Кина и строгите ограничувања кон странските инвестиции на кинескиот пазар бавно и тешко ќе ја претворат земјата во заштитник на слободните пазари, кои се синоним на глобалниот капитализам. Повеќето европски лидери кои беа присутни на Форумот во Давос се уверени дека протекционистичките мерки на Трамп ќе имаат негативно влијание врз светската економија. “Протекционистичките мерки на новата администрација на американскиот претседател Доналд Трамп веројатно ќе имаат негативен ефект врз светската економија”, вели Кристин Лагард, извршен директор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Според нејзе, протекционистичките политики ќе ги поништат резултатите од мерките за поттикнување на економијата

КРИСТИН ЛАГАРД

извршен директор на ММФ

кои предизборни ги најави Трамп. Лагард е уверена дека најголем губитник од растечката нееднаквост е средната класа, а оваа социјалната аномалија ја поврзува со растечкиот феномен на популизмот. Но, се ќе беше во ред со констатациите на Лагард, ако таа не беше предводник на институција како ММФ, за која во многу земји владее уверување деке е еден од виновниците за политиките на штедење кои им се наметнаа како излез од економската криза, а кои драстично ја зголемија нееднаквоста помеѓу богатите и сиромашните.

Вештачката интелигенција ќе ја смени економијата

Сергеj Брин, еден од основачите на Google и претседател на конгломератот Alphabet во својот настап во Dавас изјави дека се случува вистинска револуција на полето на развојот на вештачката интелигенција и брзината со која таа се имплементира во производните и деловни процеси. Во рамките на Google постои посебен тим за развој на вештачката интелигенција Google Brain и таа веќе се применува во речиси сите дејности на компанијата, вклучително и транспортот, фотографијата и маркетингот. “Станува збор за вистинска револуција”, вели Брин. Заговорниците на вештачката интелигенција


www.kapital.mk

Капитал број 900 27.01.2017

13

П

ротекционистичките мерки на новата администрација на американскиот претседател Доналд Трамп веројатно ќе имаат негативен ефект врз светската економија. Протекционистичките политики ќе ги поништат резултатите од мерките за поттикнување на економијата кои ги најави Трамп.

П

овеќето од проблемите кои денеска го мачат светот не се предизвикани од економската глобализација. Протекционизмот е како да се заклучиш во темна соба, во која ќе се стопира и влезот на секаква СИ ЏИНПИН светлина и воздух. На претседател на Кина крајот, сите ќе бидат губитици од трговската војна.

и автоматизација на производните процеси ја истакнаа потребата од промени во индустријата, од законодавни па се до технолошки. Брин истакна дека технолошкото напредување се случува многу хаотично и дека за последиците од овој процес би требало да се води многу поширока дебата, бидејќи ќе биде потребно прилагодуање на денешните општества. “Тоа се моќни и длабоко филозофски прашања на кои не сум уверен дека ги имаме

вистинските одговори”, изјави Брин. Со малку пооптимистичен тон, Брин истакна дека новите технологии им овозможуваат на луѓето на многу подобар и покреативен начин да го користат своето време, бидејќи технологијата им ги олеснува многу од обврските кои ги имаат. “Живееме во волшебно време и многу е тешко да се предвиди што се може да се направи. Нашите можности се бескрајни”, смета Брин.

С СЕРГЕЈ БРИН ко-основач на Google

е случува вистинска револуција на полето на развојот на вештачката интелигенција и брзината со која таа се имплементира во производните и деловни процеси. Потребни се итни промени и прилагодувања на индустријата.

Бизнис лидерите бараат нови извори на приходи

Бизнис лидерите на Светскиот економски форум имаат и уште една голема дилема која се трудат да ја решат- како да најдат извори на нови приходи во услови кога светската економија бележи ниски стапки на раст. Една деценија после финансиската криза, инвеститорите сакаат да видат заработки на компаниите кои не се генерирани исклучиво преку намалување на расходите,


www.kapital.mk

Капитал број 900 27.01.2017

14

COVER STORY

ХАН: Да се размисли за единствен пазар на Балканот

Н

а Светскиот економски форум во Давос не беше присутен никој од Македонија, но затоа беа присутни српскиот премиер Александар Вучиќ и хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ кои се пофалија дека имале многу продуктивни средби со многу светски лидери на кои присуствувал и еврокомерсарот за проширување Јоханес Хан. Еврокомесарот Хан изјавил дека треба серизно да се разгледа опцијата за формирање на единстевн пазар на Балканот, кој би бил привлечен и за европските компании. “Гледавме во иднината на регионот и единствен пазар на Балканот може да биде многу допра опција. Треба да се подобрат животните услови и да се создадат нови работни места, што е единствено можно ако направите голем атрактивен пазар. Ако тој пазар има 20 милиони потрошувачи, тоа ќе биде многу интересно за европските компании. Јасно е дека иднината на Западен Балкан е во ЕУ со сите негови можности и перспективи. Треба многу да се сработи, но треба да се има визија што ќе биде вашата крајна цел”, истакнал Хан.

туку со фокус на зголемување на приходите. Меѓутоа, во глобалните компании и понатаму преовладува внимателност-довербата на менаџерите за краткорочните бизнис зделки и понатаму е ниско. Годинешното истражувае на консултантската куќе Pricewatershouse-Coopers (PWC) во кое учествуваа над 1.300 извршни директори на глобални компании, покажува дека 36% од нив се удедени дела во следните 12 месеци приходите на нивните компании ќе се зголемат. Пред една година 40% од менаџерите очекувале краткорочен раст на приходите. Само десетина компании од 1.200 чии акции се дел од индекстот S&P Global 1.200 успеале да остварат раст на приходите во изминатите 3 години. Борејќи се со трендот на бавен економски раст, клучна способност за компаниите е да освојат што поголеми пазарни удели со помош на целно таргетирани и флексибилни стратегии. Главниот фокус на глобалните бизнис лидери сега е како да пронајдат паметни начини да ги зголемат продажбите на постојните пазари. За многумина, тоа вклчува приена на дигитална технологија со цел да го одржат чекорот со промените во начинот на кој потрошувачите купуваат

производи и услуги. Се бараат и нови можности. Така на пример компаниите кои продаваат луксузни производи агресивно ја градат својата мелопродажна мрежа. Некои компании се потпираат на географско ширење за да ги зголемат своите приходи.nnn ИСПРАВКА: Во број 898 на магазинот Капитал, во текстот со наслов “Кој е кој меѓу бизнисите што ги држат Албанци во Македонија”, во табелите за “Топ 20 меѓу членките на СКСЗМ според ROA и ROE, изработени според податоците добиени од Стопанската комора на Северозападна Македонија - СКСЗМ, наведена е и фирмата Нимет ДООЕЛ - Скопје, како членка на СКСЗМ. Од компанијата Нимет ДООЕЛ – Скопје стигна реакција дека таа не е членка на СКСЗМ. Се извинуваме на Нимет ДООЕЛ – Скопје за ненамерната грешка.



www.kapital.mk

Капитал број 900 27.01.2017

16

АНАЛИЗА

ИСТРАЖУВАЊЕ НА БИРН

ИНВЕСТИЦИСКИОТ БУМ СЕДУМ ПАТИ ПОМАЛ:

ВЕТЕНИ 3,8 МИЛИ ИНВЕСТИРАНИ 580

Речиси седум пати помалку пари инвестирани од најавеното и три пати помалку отворени работни места отколку што било ветено се главните наоди од повеќе месечното истражување на Балканската истражувачка мрежа на новинари (БИРН), „Странски инвестиции под


www.kapital.mk

Капитал број 900 27.01.2017

17

М

ИЈАРДИ ЕВРА, 80 МИЛИОНИ ЕВРА

лупа“. Ова истражување сумираше дека доколку се реализираа сите странски инвестиции што последните десет години ги најавија македонските власти, до денес ќе се изградеа најмалку 138 фабрики и други производствени или услужни капацитети, во вредност од 3,8

милијарди евра, во коишто ќе беа вработени вкупно 62.701 човек. Наспроти тоа, во периодот од 2007 до 2016 година, инвестирани биле околу 580 милиони евра, а странските инвеститори отвориле 20.246 работни места.


www.kapital.mk

Капитал број 900 27.01.2017

18

АНАЛИЗА Британската компанија Џонсон Мети ја отвори својата прва фабрика во ТИРЗ Скопје 1 во 2010 година и до 2015 година има нетековни средства од речиси 100 милиони евра, со што е најголема реализирана инвестиција

пишува:

Д Александар Јанев

aleksandar.janev@kapital.mk

Да се реализираа сите странски инвестиции што последните десет години ги најавија македонските власти, до денес ќе се изградеа најмалку 138 фабрики и други производствени или услужни капацитети, во вредност од 3,8 милијарди евра, во коишто ќе беа вработени вкупно 62.701 човек, покажаа наодите од истражувањето на Балканската истражувачка мрежа на новинари (БИРН) „Странски инвестиции под лупа“. Ова големо истражување покажа дека перцепцијата што ја создаваа властите изминатите десет години, оти Македонија привлекува многу странски инвеститори коишто речиси секој месец градат по некоја фабрика и отвораат нови работни

места, всушност, не е целосно точна. Од вкупно 138 најавени странски инвестиции опфатени во базата на податоци, фабрики, погони, хотели или други објекти изградија 51 странски компании. Уште 44 инвестиции се во тек, најголемиот дел од нив најавени последните две години чијшто исход засега не може да се предвиди, но и такви коишто почнале да инвестираат и фабриките сè уште се градат. Меѓутоа, истражувањето покажува дека дури 43 од најавените странски инвестиции воопшто не се реализираа или пак. пропаднаа, што е речиси третина од вкупниот број на инвестиции опфатени во базата на податоци „Странски инвестиции под лупа“. Податоците на БИРН од Централниот регистар, пак, кои покажуваат колку изнесуваат нетековните средства на странските компании, во коишто се вклучени вредноста на земјиштата, објектите, опремата, и кои, всушност, најблиску откриваат колку пари навистина вложиле инвеститорите, се во најмала мера поразителни. Истражувањето покажа дека сите анализирани странски инвеститори, последните десет години во Македонија вложиле вкупно 579,6 милиони евра, што е речиси седум пати помалку од сумата што ја најавиле самите тие или претставниците на власта. А во оваа

сума е вклучена и државната помош што им ја одобриле властите на странските инвеститори за градење на фабриките. Вкупно 26 од странските компании добиле државна помош, меѓутоа сумите со коишто граѓаните со парите што ги плаќаат за даноци и други јавни давачки го финансирале влезот на некој од инвеститорите, не е позната и во одлуките објавени од Комисијата за заштита на конкуренцијата, се означени со XXX. Истражувањето на БИРН ја разоткрива и енигмата околу отворените нови работни места во фабриките што ги изградија странските инвеститори. Податоците до кои дојде БИРН, а се однесуваат на бројот на вработени во странските компании опфатени во оваа база до крајот на 2016 година, покажуваат дека се отворени вкупно 20.246 работни места, што е три пати помалку од најавениот број. Слабиот удел на реализација на странските инвестиции – седум пати помалку пари инвестирани од најавеното и три пати помалку отворени работни места отколку што било ветено, покажува дека далеку помалку се граделе фабрики и се вработувало одошто што владиниот пи–ар фабрикувал најави за тоа. Всушност, ова истражување на БИРН покажа дека владиниот пи–ар работел

ФАКТ: САМО ВО 2016 ГОДИНА ПРОМОВИРАНИ БИИЛЕ 26 ИНВЕСТИЦИИ


ПОЛНИ РЕТКО , ВОЗИ ДОЛГО

www.detoil.com.mk


www.kapital.mk

Капитал број 900 27.01.2017

20

АНАЛИЗА

толку интензивно на промоција на странски инвестиции, креирајќи очекувања во јавноста дека постојано ќе се отвораат нови фабрики и работни места, што една инвестиција се промовирала и по неколку пати, неретко со различни цифри за сумата на инвестицијата и бројот на работни места што ќе се отворат.

Инвестиции темпирани за избори

Доколку се анализира временската одредница на промоција на инвестициите, било да станувало збор за потпишување на меморандум за соработка, поставување на камен темелници или пак сечење црвени ленти на изградените фабрики, активностите се интензивирале особено во пресрет на изборни циклуси. Па така, најавите за нови инвестиции најмногу доаѓаа последните две години, во период кога ескалираше политичката криза, а датумот за одржување на предвремени парламентарни избори постојано се пролонгираше. Само во 2016 година, промовирани се вкупно 26 инвестиции. Оваа практика особено зачестува непосредно пред датумот на одржувањето на изборите, кога речиси секој ден претставници на владејачката партија ВМРО–ДПМНЕ, особено лидерот на партијата,Никола Груевски, било да е на митинг или на социјалните мрежи, им најавуваат на граѓаните по некоја нова странска

НАЈГОЛЕМИ РЕАЛИЗИРАНИ СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ Компанија

Индустрија

Земја на потекло

Нетековни средства до 2015 година (евра) 99.153.631

Џонсон Мети

Автомобилска индустрија

Велика Британија

ТАВ

Транспорт и складирање

Турција

68.183.049

Кромберг и Шуберт

Автомобилска индустрија

Германија

28.882.368

Вистеон

Автомобилска индустрија

САД

27.600.000

Ван Хоол

Автомобилска индустрија

Белгија

25.969.987

Маркарт

Автомобилска индустрија

Германија

25.011.835

Дрекслмајер Адиент сеатинг

Автомобилска индустрија

Германија

24.580.671

Текстилна индустрија

САД

16.389.056

САД

14.500.428

САД

10.521.833

(екс Џонсон контролс) Кемет Гентерм

Производство на компјутерски, електронски и оптички производи Автомобилска индустрија

Извор: БИРН

НАЈГОЛЕМИ РАБОТОДАВАЧИ Број на вработени

Компанија

Индустрија

Земја на потекло

Дрекслмајер

Автомобилска индустрија

Германија

5.507

Кромберг и Шуберт

Автомобилска индустрија

Германија

3.116

Текстилна индустрија

САД

1.756

САД

1.135

Адиент сеатинг (екс Џонсон контролс) Амфенол

Производство на компјутерски, електронски и оптички производи

до 2016 година

Ван Хоол

Автомобилска индустрија

Белгија

820

Ки Сејфти Системс

Автомобилска индустрија

САД

710

Гентерм

Автомобилска индустрија

САД

691

Џонсон Мети

Автомобилска индустрија

Велика Британија

681

ТАВ

Транспорт и складирање

Турција

576

Алајанс Уан

Тутунска индустрија

Грција

550

Извор: БИРН

НАЈМНОГУ ИНВЕСТИЦИИ: ДУРИ 24 БИЛЕ НАЈАВЕНИ ОД АВТОМОБИЛСКА ИНДУСТРИЈА


www.kapital.mk

Капитал број 900 27.01.2017

21

Базата на податоци „Странските инвестиции под лупа“ достапна на investicii. prizma.mk, покажа дека од 138 анализирани компании, фабрики или други капацитети изградиле само 51, 44 инвестиции се во тек, а дури 43 воопшто не се реализирале


www.kapital.mk

Капитал број 900 27.01.2017

22

АНАЛИЗА

инвестиција и им ветува НАЈГОЛЕМИ ИНВЕСТИЦИИ СПОРЕД НАЈАВЕНАТА ВРЕДНОСТ дека ќе се вработат во Компанија Статус Индустрија некоја од тие фабрики. Во 2015 година властите Еуромакс рисорсес Во тек Рударска индустрија најавиле вкупно 21 инвестиции, рекордни Веибо Груп Нереализирана Текстилна индустрија 30 инвестиции во 2014 Ду Понт и Останата производствена Нереализирана година кога се одржаа Етанол Јуроп индустрија парламентарни и Лимак Во тек Градежништво претседателски избори. Претходно, во 2013 ТАВ Реализирана Транспорт и складирање година кога имаше Сахара груп Нереализирана Прехранбена индустрија локални избори, Дејности во врска се промовирале 16 Ера Сити Нереализирана со недвижен имот инвестиции, при што најголемиот дел од нив Сардич Во тек Рударска индустрија се во региони надвор од Џонсон Мети Реализирана Автомобилска индустрија Скопје. Дејности во врска Ако се рангираат Скопје Сити Мол Реализирана со недвижен имот според сумите што инвеститорите најавиле Извор: БИРН дека ќе ги вложат, Технолошко-индустриски развојни зони, најголема инвестиција оваа компанија требаше да инвестира во земјава којашто, всушност, сè уште вкупно 145 милиони евра. е во тек, е на компанијата Еуромак Анализата на податоците од оваа база Рисорсес, којашто најави дека ќе покажува дека само четири странски инвестира 500 милиони долари (406 компании коишто изградиле фабрики во милиони евра) во рудник за ископување земјава, вложиле онолку пари колку што благородни метали кај струмичкото село ветиле, или дури и повеќе од тоа. Иловица. Најавата за оваа инвестиција датира уште од 2007 година, а договорот Најмногу натфрлила германската компанија Кромберг и Шуберт којашто за концесија е потпишан пет години најави дека ќе инвестира 20 милиони подоцна. евра, но според нетековните средства од Втора по големина инвестиција е на билансот на состојбата за 2015 година, турската компанија Лимак, којашто исто така е во фаза на реализација. Впрочем, сумата достигнува околу 29 милиони евра. оваа компанија уште во февруари 2012 Германската компанија Таурус Фармс година купи градежно земјиште кај којашто најави дека ќе инвестира 5 Старата железничка станица наменето милиони евра во дистрибутивен центар за изградба на хотели, деловни и и плантажи за јаболка во Богданци, трговски центри и угостителски објекти, според нетековни средства има речиси а инвестицијата од 250 милиони евра, двојно повеќе, или околу 9,6 милиони по четири години пауза, повторно се евра. Холандската компанија Антура актуелизираше во октомври лани, во во фабриката во Кочани инвестирала пресрет на парламентарните избори. нешто повеќе од ветените 6 милиони Меѓу најголемите најавени инвестиции евра, а компанијата Стил Кон која има и неколку што воопшто не се доаѓа исто така од Холандија, во Старо реализираа, како што е Веибо Груп, Нагоричане инвестирала 4,1 милион турската компанија којашто планираше евра или околу 600 илјади евра повеќе изградба на голем текстилен центар од најавеното. во индустриската зона Ранковце Кога станува збор за отворањето нови близу Крива Паланка во вредност од работни места, најголем работодавач 315 милиони евра; инвестицијата на меѓу странските инвеститори е американската компанија Ду Понт Дрекслмајер каде што до 2016 година и ирската Етанол Јуроп Рењуевлс се вработени вкупно 5.507 луѓе. Потоа кои до 2016 година требаше да следуваат Кромберг и Шуберт со 3.116 инвестираат 250 милиони евра во вработени, Адиент Сеатинг (поранешен фабрика за производство на целулозен Џонсон Контролс) во Штип со 1.756 биоетанол во пелагонискиот регион; и вработени, Амфенол со 1.135 вработени инвестицијата на индискиот милијардер и Ван Хоол со 820 вработени. Субрата Рој којшто неколку пати Податоците што ги објави БИРН за бројот доаѓаше во Македонија, заедно со на вработени, исто така откриваат властите најави дека ќе вложи најмалку големи варијации помеѓу 2016 и 2015 200 милиони евра и на крајот сосе година. Поголем дел од инвеститорите плановите исчезна од овде. што веќе отворија фабрики или пак, се Најмногу пари од инвеститорите што во фаза на реализација на инвестициите, изградија фабрики во земјава досега лани го зголемиле бројот на вработени, вложила британската компанија Џонсон Мети, која според билансот на состојбата па така прва на листата е компанијата Кромберг и Шуберт со 851 ново работно за 2015 година, има нетековни средства место отворени за една година. Потоа од речиси 100 милиони евра. Меѓутоа, следуваат компаниите коишто почнаа со според најавите на Дирекцијата за

Земја на потекло

Најавена вредност

Велика Британија

(евра) 406.000.000

Турција

315.622.000

Велика Британија ,САД

250.000.000

Турција

250.000.000

Турција

200.000.000

Индија

200.000.000

Словенија

150.000.000

Украина

145.000.000

Велика Британија

145.000.000

Албанија

100.000.000

производство во 2016 година - Ки Сејфти Системс со отворени 627 нови работни места, Амфенол со 620, Леар со 437, Гентерм со 346 нови работни места. Меѓутоа, има повеќе странски компании чии фабрики или капацитети веќе работат, а во 2016 сепак го намалиле бројот на вработени. Најмногу работни места скратил ТАВ, и тоа 236, потоа Дрекслмајер каде што се евидентирани 223 помалку работници, Вистеон кој што отпуштил 194 луѓе, Агрофруктис од 152 на само 9 вработени, Продис од 72 се сведе на 5 луѓе.

ИТ компаниите ветуваат во милиони, инвестираат во илјади Доколку се анализира според индустриите, најголем дел од странските инвестиции што биле најавени последните десет години се од автомобилската индустрија, и тоа 24 компании. Од нив, 10 се реализирани, уште 7 се во тек, а 7 не се реализирале. Втори најзастапени се инвестициите во информации и комуникација каде што од вкупно 15 најавени, дури 10 се реализирале. Истовремено во оваа индустрија се забележува најголемо потфрлување во реално вложената сума споредено со најавената. Така, компанијата Мусала Софт најавила инвестиција од 20 милиони евра, но нетековните средства на компанијата покажуваат вложување од само 14 илјади евра. Алокејт Софтвер најавила инвестиција од 7,5 милиони евра, а вложиле околу 93 илјади евра, 6 пи ем со најавени 5 милиони евра, а инвестирани 44 илјади евра. Од останатите индустрии, 10 инвестиции се од текстилната, 9 од земјоделството и 8 инвестиции во производство на производи од гума и пластични маси. Ако се анализираат земјите од каде што дојдоа странските инвеститори, произлегува дека Турција е најголемиот странски инвеститор во земјава. Потоа следуваат Германија, САД, Велика Британија и Италија. nnn



Капитал број 900 27.01.2017

24

www.kapital.mk

ЛУЃЕ И КОМПАНИИ

СВЕТОТ Е НА РАБОТ ОД “ТРЕТАТА ФАЗА НА

КАКО ДА СЕ МЕНАЏИ НОВАТА ЕКОНОМСКА

ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ: РЕЧИСИ 80% ОД СВЕТСКИТЕ ИЗВРШНИ ДИРЕК


www.kapital.mk

А ФИНАНСИСКАТА КРИЗА“

ИРА ВО А РЕАЛНОСТ

Капитал број 900 27.01.2017

25 Брегзит, новите глобални односи под влијание на политиките на Трамп, опасностите од тероризам, нови бранови од бегалци во Европа... Згора на сè, најави за нова финансиска криза...Сето ова на некаков начин има ефект врз бизнисите на македонските компании, особено оние што извезуваат. Како да се менаџира во вакви услови? пишува:

Г

Игор Петровски

igor.petrovski@kapital.mk

Годинава што го грицка пополека својот прв месец завршува на бројот 7. Ако сме суеверни, како што кажа BloombergBusinessweek во еден свој текст неодамна, светот е “печен“ за уште една финансиска криза. Најголемиот пад на акциите што се случил во еден ден, во историјата на Волстрит се случил во 1987-та. Колапсот на азиските берзи се случи во 1997. А, најголемата финансиска и економска криза што му се случи на светот од Големата депресија наваму, ги имаше своите никулци во 2007 година, со банкротот на финансиските компании New Century Financial во САД и Northern Rock во В. Британија. Но, настрана суеверието и овие нумеролошки коинциденции, извештаите на сериозни светски институции навестуваа дека светот не го очекуваат розови денови во периодот што е пред нас. Организацијата за економска соработка и развој (OECD) и на Конференцијата на ОН за трговија и развој (UNKTAD) од пред некој месец, за 2017 прогнозираа дека светот е во опасност “да влезе во третата фаза на финансиската криза“. Она што пред речиси десет години почна на американскиот хипотекарен пазар пред да се стркала во Европа, а потоа и низ цел свет, сега го покажува своето грдо лице повторно – овој пат во

КТОРИ СЕ ЗАГРИЖЕНИ ЗА ВЕШТИНИТЕ НА НИВНИТЕ ВРАБОТЕНИ


www.kapital.mk

Капитал број 900 27.01.2017

26

ЛУЃЕ И КОМПАНИИ n

ШТО ВЕЛАТ ЕВРОПСКИТЕ ИСКУСТВА

ПРЕДИЗВИЦИ И ПРИЛИКИ ЗА МЛАДИТЕ ПРЕТПРИЕМАЧИ Според анкетата софтверската фирма од Белгија, Xpenditure, европските стартапи се соочуваат со неколку клучни проблеми. Прочитајте колку се тие предизвик, но и прилика за младите претприемачи. n

ФИНАНСИРАЊЕ

Финансирањето е тешко. Европските инвеститори не се луди по фрлање пари и се грижат за бројките – и тоа многу. Ако се обидувате да обезбедите пари, мора да знаете да им покажете како и кога ќе им ги вратите на вашите вложувачи, со сè профитот, се разбира. За разлика од нивните американски “колеги“, европските инвеститори не се потпираат баш многу на инстинктот. Или имате добри бројки или не, тоа е. За жал, голем број добри идеи не добиваат шанса, токму заради ваквата филозофија. Латинска Америка, Африка и останатите подрачја од неразвиените и пазарите во развој. Кризата и ним ќе им го стори истото како и на САД и Европа, ќе им остави огромни долгови. Економистите од Банката за меѓународни порамнувања пресметале дека само во првите пет години по колапсот на Lehman Brothers во 2008-та, 7 илјади милијарди долари се пласирани преку финансиските шпекуланти во економиите на Бразил, Индија, Јужна Африка и останатите пазари во развој што носеа повисоки приноси одошто развиените економии на Западот и Јапонија. Според аналитичарите, Кина можеби е најстрашниот извор на ризик на хоризонтот. Нејзините високи стапки на раст досега беа поддржувани

n

ЈАЗИК И КУЛТУРА

Диверзитетот на јазици и култури во Европа би можел повеќе да се разгледува како прилика одошто како реален проблем – иако постојат индустрии каде што може да претставува сериозна кочница. Меѓутоа, ако изиграте добро, овие јазични бариери ќе ви овозможат пополека да расте вашиот бизнис, со инкременти, со тоа што ќе се зацврсти вашата позиција на еден пазар, пред да се раширите и на друг. Од чиста маркетинг перспектива, ова го принудува бизнисот да биде креативен, затоа што не сè функционира исто секаде. од силната експанзија на кредитирањето на бизнисите и домаќинствата, и според Bloomberg, кинеските банки се голем ризик, потенцијален детонатор.

Директорите во светот загрижени за растот на нивните компании

Што очекуваат пак првите луѓе на компаниите во светот на краток рок? Глобалната ревизорско – консултантска куќа PricewaterhouseCoopers (PwC) интервјуираше безмалку 1.400 извршни директори на компании од различни индустрии во 79 земји, во своето 20-то по ред годишно CEO Survey, кои што се изјаснија за своите најголеми предизвици во раководењето на компаниите, односно кои се трендовите што

ГЕОГРАФИЈА И РЕГУЛАТИВИ

Ова може да е навистина голем предизвик. Кај Американците е полесно – еден унифициран пазар што следи иста регулатива. Можеби е огромен и тежок за освојување, но барем сите играат по исти правила. Тоа не е случај во Европа. Иако законодавството во ЕУ е хармонизирано во клучните области, секоја земја може различно да регулира поедини аспекти на бизнисот. Затоа, стартапите често трошат многу време и пари додека се осигурат дека нивните производи и услуги се во целост усогласени со локалните законодавства, пред да влезат на пазарот. n

НЕДОСТИГ НА ТАЛЕНТ

Европејците, и бизнисите и останатите стејкхолдери, како инвеститорите, се релативно бавни во посветувањето кон нешто. Тие се повеќе анемични во споредба со Американците при финансирањето стартапи, при влегувањето на нови пазари, и им треба повеќе време да се подготват пред реално и да сторат нешто. Тоа и не е лоша работа, во повеќето случаи. Но, за жал, лошо влијае врз најскапоцениот ресурс за секоја компанија – човечкиот капитал. Европските универзитети послабо соработуваат со бизнис светот, како што тоа се прави во САД, и младите дипломци во старт имаат послаб нагон за претприемништво, односно инклинираат кон работа од 9 до 5. Затоа, на Европа и фалат бизнис играчи што може да ја донесат потребната експертиза и искуство во стартапите и да помогнат во нив побрз развој. го менуваат бизнисот и општествата денес. Глобализацијата и технологијата овозможија огромен пораст на трговијата и финансиските текови изминативе две децении, но пораснаа и ризиците по безбедноста на огромните бази податоци што компаниите ги поседуваат денес, исто како и сигурноста на личните податоци на секој од нас, заради високото ниво на изложеност во онлајн светот што сите ние свесно или несвесно го правиме секојдневно. Истражувањето на PwC се фокусираше на тоа што директорите на бизниси од целиот свет мислат за следниве три клучни работи: управувањето со луѓето и машините со цел да се креира работна сила што ќе одговара на дигиталното време;

ФИНАНСИСКА КРИЗА: СЛЕДИ НЕЈЗИНО “ТРЕТО ПОЛУВРЕМЕ“



www.kapital.mk

Капитал број 900 27.01.2017

28

ЛУЃЕ И КОМПАНИИ Што покажува анкетата на PwC за 2017 направена со 1.400 извршни директори во светот

38% 52% 77% 69% 44%

се силно уверени дека компаниите ќе им растат во 2017

планираат нови вработувања

се загрижени дека недостигот од вештини кај вработените ќе го забави растот на компаниите

се убедени дека е потешко да се стекне и задржи довербата на луѓето во толку дигитализиран и поврзан свет

сметаат дека глобализацијата не помогна да се намали јазот помеѓу богатите и сиромашните

како да се задржи нивото на доверба во рамки на една организација во свет на растечки виртуелни интеракции; и како да се направи глобализацијата да функционира за сите, преку тоа што бенефитите од неа ќе се распределуваат на еден пофер начин. Глобализацијата донесе многу придобивки, се вели во истражувањето на PwC, но исто така има и свои недостатоци. Менаџерите во светот се загрижени заради неизвесниот економски раст, преголемата регулација на пазарите и недостигот на квалификации кај работната сила. Сепак, тие се изненадувачки оптимисти околу потенцијалот за економски раст: 38% од интервјуираните директори се силно уверени дека 2017-та ќе биде година на раст за нивната компанија.

Како глобализацијата да функционира за сите

Многумина пак работници во светот се загрижени дека глобализацијата и енормно брзиот раст на технологијата ќе ги елиминираат нивните работни места во блиска иднина. Во реалноста, светските менаџери ја истакнуваат потребата за талентирани работници – 52% планираат нови вработувања годинава, но не може да

најдат луѓе со потребните вештини. Додека пак, 77% од менаџерите се загрижени дека недостигот од клучните вештини кај нивните вработени ќе влијае негативно врз компанискиот раст. Директорите се свесни дека иновациите не се прават сами само со помош на технологијата. Менаџерите, исто така, обрнуваат многу внимание на тоа како технологијата влијае врз меѓучовечките односи. И како што нашите интеракции стануваат сè повеќе автоматизирани, виртуелни и зависни од податоците, значењето на човечкиот фактор постепено се намалува. Речиси 70% од директорите на 1.379-те анкетирани компании се убедени дека е потешко да се стекне и задржи довербата на луѓето во свет што рапидно се дигитализира и поврзува. Што се однесува на глобализацијата, две третини од директорите се согласни дека таа донесе поврзаност, повеќе трговија и мобилност на капиталот, а 44% од нив сметаат дека сепак глобализацијата не помогна да се намали јазот помеѓу богатите и сиромашните. Годинава, сметаат менаџерите, светот мора да бара решенија како глобализацијата да функционира за сите. Тука бизнисите треба да имаат клучна улога.

Анкетата пак, на Deloitte, направена на 1.500 финансиски директори од 17 европски земји покажува дека најголема закана за компаниите се геополитичките ризици, поврзани со борбата против тероризмот и Брегзит. После геополитичките фактори, како најголема закана за водењето бизнис европските финансиски директори ги посочиле зголемената регулација, слабите валути, дефлацијата, протекционизмот и зголемените бариери за трговија, недостаток на квалификувана работна сила .

Клучно: создавање поголема вредност за потрошувачот

Капитал анкетираше директори и сопственици на повеќе десетици компании од различни сектори за нивните прогнози околу тоа што ги очекува нивните бизниси годинава. Најголем дел од бизнисмените очекуваат тешка година, полна со предизвици и неизвесности, уште поголемо затегнување на деловните односи на домашниот пазар заради политичката криза, која очигледно остана нерешена и после изборите и која веќе сериозно ја нарушува довербата кај странските партнери, што на извозните компании уште повеќе им ги отежнува условите за продажба на странските пазари,

ПРЕДИЗВИК: КАКО ДА СЕ ИЗМЕНАЏИРААТ ЛУЃЕТО И МАШИНИ


www.kapital.mk

Капитал број 900 27.01.2017

29 кои истовремено се под притисок на неизвесните глобални процеси, како Брегзит, односите САД – Русија -ЕУ, економската политика на новиот американски претседател на Трамп која може да има големо влијание врз светската економија (веќе почнаа остварувањата на неговите ветувања, како откажувањето на членството во Транс – Пацифичкиот Трговски Договор, н.з.) воените конфликти на Блискиот Исток коишто имаат потенцијал да бидат причина за Трета светска војна, бегалската криза и заканите од терористички напади... Сè на сè, ова се времиња кои не би ги посакал ниту еден политичар, ниту пак менаџер. Но, неизвесноста и кризите отвораат пат за вистинските лидери, односно за оние кои знаат и умеат да се менуваат, односно за оние кои се подготвени да го менуваат начинот на раководење и работење според реалните услови за водење бизнис. Како да се однесуваат менаџерите во вакви услови? Сите “старомодни“ модели за лидерство, како што пишува Harvard Business Review, влечат корени од начинот на кој што се организирани армиите во светот, каде што има прецизно поставена хиерархија и луѓето ја слушаат командата на претпоставениот. Овие модели не функционираат во денешниот свет. Како што пополека ‘рѓосува бизнис моделите од индустриската ера, моќта се префрла од луѓето што продаваат, на оние што купуваат. Денешниот бизнис лидер мора, пред сè да е добар слушател, да има разбирање и емпатија. Треба да знае како да ја мобилизира енергијата на луѓето и да ја насочи кон најважната цел – создавање поголема вредност за потрошувачот. Ова пак, за возврат создава повеќе профит за компанијата. Компаниите што постигнуваат високо ниво на задоволство на потрошувачите, но и на вработените, имаат подобри перформанси од оние што го немаат тоа. Унапредување на стручноста, комуникациските вештини како што се фидбекот и активното слушање - разбирање, тимската работа, управувањето со промените, менаџирање со времето, зголемување на квалитетот и иновациите, се основните вештини што мора да развиваат македонските менаџери, велат менаџмент консултантите од земјава што ги контактиравме. “Емоционалната интелигенција, подигањето на ангажирањето на вработените, поди-гањето на квалитетот и примена на иновациите, ориентацијата кон извоз, употребата на социјалните медиуми, водењето грижа за своето здравје, се најновите трендови во усовршување на менаџерите“, вели Зоран Костовски од Мотива, долгогодишен тренер и консултант за менаџмент развој. nnn

SWOT AНАЛИЗА НА МАКЕДОНСКИТЕ БИЗНИС ЛИДЕРИ

ПОВЕЌЕ ОПАСНОСТИ ОДОШТО МОЖНОСТИ Со помош на неколку менаџмент консултанти од Македонија направивме “крвна слика“ на домашните бизнисмени/менаџери

СИЛНИ СТРАНИ (STRENGTHS) XXКај постарите бизнисмени постои вроден

инстинкт за преживување

XXМожност за снаоѓање во комплицирана и

често корумпирана средина

XXПознавање на бројни домашни играчи од сличен

профил во приватниот и јавен сектор

СЛАБОСТИ (WEAKNESSES) XXНедостиг

на знаење, вештини и вклученост во светските економски текови XXДолгогодишна ориентираност само на домашниот пазар и страв од извоз XXСтав дека државата треба да ги реши нивните проблеми XXНедоволно вложување во луѓе, развој и истражување, нови пазари... XXТенденција успехот да ги препишуваат на личните способности, а неуспехот на државата, системот и окружувањето XXГлавно (пре)мали компании за европски или светски размери XXИзразена бизнисменска суета која го опструира обидот за капитално поврзување, неспособност на делегирање и желба се да контролираат

МОЖНОСТИ (OPPORTUNITIES) XXСо оглед на тоа дека поголемиот дел од фирмите се мали

гледано во светски размери, кај дел од бизнисите постои можност за зголемување на обемот на работа кога би се свртеле кон извоз XXПомладите генерации на бизнисмени многу повеќе се вклучени во светските текови XXКапиталното поврзување со други бизнисмени или отворање кон странски инвеститори

ОПАСНОСТИ (THREATS) XXТерминот „бизнисмен“ се уште кај дел од луѓето

преставува синоним за личност која на сомнителен начин остварува профит XXЗначајно влијание на државата на приватните текови, голема даночна пресија, безбројни административни препреки, големи трошоци во јавниот сектор, итн. XXОпшта ненаклонетост кон приватни иницијативи како реликт на бившиот систем XXНепостоење на адекватен наследник во втората генерација, и истовремено неподготвеност за продажба на бизнисот по релативна вредност XXПрисутност на мито и корупција како „нормално“, недостаток на етика во работењето

ИТЕ ЗА ДА СЕ КРЕИРА РАБОТНА СИЛА НА ДИГИТАЛНОТО ВРЕМЕ


ШТО ДОБИВАТЕ СО ОН-ЛАЈН ПРЕТПЛАТА НА КАПИТАЛ: претплата на 1. Со електронското издание на Капитал

заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

за најава од 2.Можност три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

до електронското 3. Пристап издание од било каде во Светот

ШТО ДОБИВАТЕ СО ПРЕТПЛАТА НА ПЕЧАТЕНОТО ИЗДАНИЕ НА КАПИТАЛ: l 49 броја на редовното издание на Капитал l 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал l Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа l Платена поштарина l Вклучено ддв l Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози



Капитал број 900 27.01.2017

32

www.kapital.mk

СВЕТ

ПРЕТСЕДАТЕЛСТВО НА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ И ГОЛЕМ

ТРАМП ДОСЛЕДЕН КАМПАЊАТА И ОТК ВЛЕЗЕ ВО БЕЛАТА К

БЕЛАТА КУЌА: ИМАМЕ 50 ИЛЈАДИ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ Н


www.kapital.mk

МИ СТРАВУВАЊА

Н НА КАКО КУЌА

Капитал број 900 27.01.2017

33

Новиот американски претседател со солидно темпо, веднаш по преземањето на функцијата, почна да ги спроведува ветувањата од кампањата, на начин што во одреден дел ги изненади и неговите републиканци. Дека шефувањето на Трамп во Белата куќа ќе донесе промени никој не се сомневаше, но во неговите први потези некои гледаат дури и најава за крај на една историска епоха, со опасност да бидат разнишани и темелите на демократијата и цивилизациските вредности какви што досега најсилно ги промовираше токму Америка

Н

Не требаше да се чека првиот работен ден на новиот американски претседател, Доналд Трамп - понеделникот, 23 јануари, за да се покаже дека од него дефинитивно треба да се очекува нова, во вистинската смисла на зборот, политика на САД. Веќе часови по инаугурацискиот говор што беше оценет како еден од најнегативните, популистички и националистички меѓу сите што досега ги одржале новите американски претседатели, Трамп, со низа укази и наложи на својата администрација да го запре спроведувањето на некои важни реформи донесени во мандатот на неговиот претходник Барак Обама. На сите федерални министерства и агенции им беше наредено итно да запрат да издаваат нови регулаторни одлуки и да не ги применуваат оние што се одобрени,

но не се објавени во американскиот еквивалент на нашиот Службен весник. Последново, сепак, е вообичаена мерка што ја преземаат новите претседатели на САД, но, начинот на кој Трамп реализира некои од своите ветувања од кампањата ги изненади сите, вклучително и неговите републиканци. На пример, во Конгресот, претставниците на партијата што го номинираше милијардерот, сè уште бараат со што да го заменат Законот за достапна здравствена грижа (Affordable Care Act), попознат како Обамакер. А указот на Трамп, потпишан веднаш по влегувањето во Белата куќа, против законот за здравствена реформа, за кој во кампањата вети дека ќе биде поништен, многумина аналитичари сметаат дека најави оти новиот претседател нема да ја чека ниту својата партија ако сака да преземе нешто, па колку и тоа да има големо влијание врз цели сектори од економијата. Еве што може да се очекува од Трамп и неговиот тим во секторите каде што се очекува новите политики да предизвикаат најголеми потреси.

НЕИСКОРИСТЕНИ РЕЗЕРВИ НА НАФТА И ГАС ОД ШКРИЛЦИ


www.kapital.mk

Капитал број 900 27.01.2017

34

СВЕТ

Безбедност: Воената доминација на САД да биде неоспорна и крај за транс-атланскиот консензус за санкции за Русија

Во сферата на безбедноста, Белата куќа со Трамп како главен станар, вети дека политиките ќе се водат по принципот „мир преку сила“, при што, надворешната политика ќе биде таква што ќе ја постави Америка на прво место. Претседателот рече дека „висок приоритет за нас е да ја уништиме Исламската држава“, и „еднаш за секогаш да ги збришеме радикалните исламски терористички групи од лицето на земјата“. Меѓу првите нови официјални позиции во делот на безбедноста се најави преродба на американската армија, ревизија на намалувањето на воената авијација и поморската флота, зашто американската „воена доминација треба да биде неоспорна“. Ако во делот на безбедноста влегува и најавениот ѕид на границата со Мексико, новата администрација соопшти дека Трамп останува на намерата истиот да

се изгради за да се запре нелегалната имиграција. Во овој дел, а во контекст на надворешнополитичките тенденции што ги најавува Трамп како претседател, се зборува за можно триумфално враќање на Русија кон Западот. Во ваквото сценарио рускиот претседател Владимир Путин, помогнат делумно од Трамп, одново би влегол во клубот управувачи на светот, што симболично би почнало на средбата на Г-7 на Сицилија на крајот на мај. Има очекувања дека овој момент ќе го одбележи почетокот на крајот на транс-атланскиот консензус за поддршка на санкциите против Русија. И во овој дел, санкциите против Русија, Трамп ќе се судри дури и (барем) со еден дел од републиканците, чии сенатори, заедно со колеги демократи, подготвуваат закон со кој треба да се пресретне можноста Трамп да ги симне американските санкции за Москва. Во овој дел, политиката на Трамп што ја означи со „Америка на прво место ... нема веќе да чуваме туѓи граници ... НАТО е застарено ...“, освен во однос на Русија,

се стравува дека може да остави доволен простор новите диктатори, непријателите на демократско-цивилизациските придобивки, да се наметнат и силно да удрат дури и по мирот во светот.

Трговија: Повлекување од мултилатералните трговски политики - насочување кон двострани трговски односи

Во говорот на инаугурацијата, Трамп опиша застрашувачка слика на „напуштени американски компании што стрчат како надгробни камења“, за да објасни зошто ќе следи два принципи: „купувајте американски производи“ и „вработувајте Американци“. Она што го вети во кампањата го исполни – ја повлече Америка од Транс-тихоокеанското партнерство (TPP); и нареди на администрацијата да подготви предоговарање на Договорот за слободна трговија во Северна Америка (NAFTA), кој е на сила скоро 23 години. Белата куќа за последното соопшти дека „ако нашите партнери не сакаат да преговараат за една, за американските


They say diamonds are forever… and so is an MBA!

Enjoy the most Valuable classroom experience – real life Harvard Business School case studies, business simulations and participant centered learning that enhance your strategic decisionmaking skills and critical thinking

a Rare opportunity to learn alongside esteemed professionals in order to build an extensive and exclusive network of useful contacts which could lead to new business opportunities The most Desirable and sought after degree in the world by employers, entrepreneurs and future leaders

World-class curriculum that applies a global outlook on current issues, taught by international faculty from top –tier schools with a rich portfolio of expertise

A brilliant cut to fit your demanding work schedule and maintain your work – life balance, giving you more flexibility to acquire the skills and experiences to fulfil your career objectives

Access to the Highest Quality internationally accredited degree by the Accreditation Council for Business Schools and Programs (USA) created as a combination of European and American educational standards

So don't lose a diamond, while chasing glitter! Enroll at the UACS MBA program! За повеќе информации: Бул. Трета македонска бригада бр. 60, 1000 Скопје Телефон: + 389 (0) 2 2463 156; 2463 159 Е-пошта: graduate@uacs.edu.mk

www.uacs.edu.mk

UACS SKOPJE

UACSKOPJE

YOUTUBE.COM/USER/UACSKOPJE

UACSKOPJE


www.kapital.mk

Капитал број 900 27.01.2017

36

СВЕТ

работници фер зделка, претседателот ќе ги извести оти САД имаат намера да го напуштат NAFTA“. Меѓу сценаријата што ги исцртува новата политика на САД во овој дел, аналитичарите го разгледуваат и она во кое како одговор на обидите на Трамп да го предефинира светскиот поредок, Европа и Кина ќе влезат во сојуз за да ги заштитат оние делови од редот во светот што се од значење за нив. Ова, покрај останатото, значи поконкретен кинеско-европски ангажман за да се заштити глобалниот систем за слободна трговија. А по излегувањето на САД од TPP, портпаролот на Трамп, Шон Спајсер изјави дека новата администрација е на пат кон една епоха на двострана трговија и создавање работни места во САД. „Ќе се повлечеме од многустраните трговски политики и ќе се насочиме кон двострани трговски односи, во кои Америка ќе ни биде на прво место“, рече Спајсер. На средбата во понеделникот со раководните луѓе на компании како Ford, Dow Chemical, Dell Technologies, Tesla ..., Трамп рече дека би сакал да ги намали корпоративните даноци од сегашните 35% на 15-20%, за што потенцираше дека му е неопходна поддршка на Конгресот во кој доминираат републиканците. Од

гостите му беше одговорено дека за нив е поважно да има растоварувања во однос на регулациите. „Мислам дека можеме да ги намалиме регулациите за 75%, а можеби и повеќе“, им одговори претседателот, и вети дека кога ќе сакаат „да прошират некоја фабрика или

да изградат нешто големо и специјално, одобренија ќе добиваат многу брзо“. Од друга страна, Трамп им се закани на оние кои, на пример, ќе сакаат во Америка да продаваат возила произведени во фабрики во Мексико, дека истите ќе бидат увезувани со 35% царина.


РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ: 16 ФЕВРУАРИ 2017

ИНСТИТУ КОНЦЕПТ ОРГАНИЗИРА:

КЛУЧНИ ЗНАЕЊА И ВЕШТИНИ ЗА ЕФЕКТИВЕН ДЕЛОВЕН АСИСТЕНТ МОДУЛ ЗА ДЕЛОВЕН АСИСТЕНТ

(МОДУЛОТ ЗА ДЕЛОВЕН АСИСТЕНТ Е ВО ВРЕМЕТРАЕЊЕ ОД 4 СРЕДБИ: 21, 28 ФЕВРУАРИ И 7, 14 МАРТ 2017 ГОДИНА) l 21 февруари-14 март 2017 година l 10:00-15:00 часот Институт Концепт, Скопје Поради важноста која ја има деловниот асистент за работењето на едно претпријатие, без разлика на неговата големина, Институт КОНЦЕПТ креираше модул за деловен асистент. За време на часовите ќе се запознаете со неколку сегменти односно: финансии, обврски од област на човечки ресурси, општи и правни работи, канцелариско и архивско работење, како и деловна етика и организација на работното место. ОВАА ОБУКА ЌЕ БИДЕ КОРИСНА ЗА ДОБИВАЊЕ НА: l Eден поинаков начин за обука на деловните асистенти l Повеќе практично работење низ обуката

l Индивидуално практицирање за време на самото предавање l Понесете го знаењето на предавачот со себе и по завршувањето

на обуката

Обуката е наменета за почетници во административната работа, студенти, вработени лица на позиција деловен асистент, администратор, офис менаџер, секретар/ка, како и лица кои имаат допирна точка со административното работење, активно го практикуваат на базична основа и сакаат ВИСТИНСКИ ДА ГО НАУЧАТ! Обуката ја изведуваат искусни предавачи и експерти од областите кои ќе бидат покриени. За повеќе информации посетете ја нашата веб страна: www.koncept.com.mk

КОНТАКТ: м-р Ленче Зикова и м-р Ирена Богоевска l e-mail: institut@koncept.com.mk l 02 3128 526 l 070 272 207


www.kapital.mk

Капитал број 900 27.01.2017

38

СВЕТ

Даноци: Кај американските работници да останат што повеќе од тешко заработените долари

Новиот американски претседател вети дека ќе отвори нови 25 милиони работни места во следните 10 години, и ќе ја врати економијата со раст од 4% од БДП годишно. Од Белата куќа објавија дека економските планови на администрацијата на Трамп почнуваат со „даночна реформа за стимулирање на растот, за да им се помогне на американските работници и бизнисмени да задржат што повеќе од, со тежок труд заработените долари“. Конкретни мерки (до затворањето на бројов) немаше – повторени беа познатите позиции: да се намали стапката на данокот на доход во секоја од категориите; да се упрости даночниот кодекс; да се намали корпоративниот данок што е еден од највисоките во светот. Сè уште не е јасно и како Трамп и неговите луѓе планираат да го компензираат падот на приходите поради намалените даноци, како и дали ќе се промени односот кон дејноста на офшор компаниите и регистрирањето надвор од САД на приходите од увоз и од извоз.

Енергетика и климатски промени: Се потврдува песимизмот на „зелените“

Наместо политиката што предвид ги има климатските промени, Трамп објави нов „енергетски план, што ја става Америка на прво место“. Администрацијата ќе ги елиминира и еко-иницијативите за да помогне на американското вадење нафта, гас и јаглен. Вака очекуваат во следните 7 години да ги зголемат платите на работниците за вкупно 30 милијарди долари. Со зголемените буџетски приходи се планира обнова на патишта, училишта, мостови, друга инфраструктура. За потврда на најпесимистичките очекувања на „зелените“, од Белата куќа објавија дека „треба да ги

НИЕ СМЕ ВРСКАТА СО СИТЕ ДЕЛОВНИ ПОДАТОЦИ КОИ ВИ СЕ ПОТРЕБНИ

искористиме околу 50-те илјади милијарди долари неискористени резерви на нафта, гас и нивните соодветни шкрилци, особено на федералните територии што ги поседува американскиот народ“.

#1

ЗА БИЗНИС ИНФОРМАЦИИ

ЗА ПАМЕТНИ ДЕЛОВНИ ОДЛУКИ!

02 / 3117 100 info@targetgroup.mk www.targetgroup.mk

Закон, ред и оружје: Поддршка за можноста граѓаните да се бранат и самите

Од Белата куќа соопштија дека „опасната антиполициска атмосфера во Америка е погрешна“ и оти „администрацијата на Трамп ќе стави крај на ова“. „Ќе им дадеме власт на нашите полицајци да си ја завршат работата и да ги ослободат улиците од криминал и насилство“, се вели во текстот. Сигнал за поинаков пристап е и ставот дека „наша работа не е да направиме да им биде поудобен животот на оние кои се бунтуваат, кои грабаат и спроведуваат насилство. Работата ни е да им го направиме комфорен животот на родителите кои сакаат децата да им се движат по улиците без опасност“. Во однос на напорите на Обама да се воведе некаква контрола на пристапот до оружје и на носењето на истото, новата администрација соопшти дека тоа што таа ќе ги поддржи органите на редот значи „поддршка и за можноста граѓаните да се бранат самите“. „На секое ниво на судскиот систем ќе го браниме вториот амандман на Уставот, што дава право да се поседува оружје за самоодбрана“, се вели во соопштение од Белата куќа. nnn



www.kapital.mk

Капитал број 900 27.01.2017

40

БАЛКАН

КИНЕЗОТ ЏЕК МА ЈА ШИРИ ИМПЕРИЈАТА ВО ЕВРОПА

ХРВАТИ, УНГАРЦИ И СРБИ ВО ТРКА ЗА ЗДЕЛКА НА ДЕЦЕНИЈАТА СО ALIBABA Најголемата кинеска продавница Alibaba сака во Задар да изгради дистрибутивен центар за цела Европа, а како главни конкуренти се Унгарија која ја нуди својата престолнина, но и Србија.

Н

Најголемата кинеска продавница Alibaba сака изгради во Задар дистрибутивен центар за цела Европа, а како главни конкуренти се Унгарија која ја нуди својата престолнина, но и Србија, пишуваат хрватските медиуми.

За тоа веќе има и официјална потврда од хрватското Министерство за економија, претприемништво и занаетчиство за остварените контакти со Alibaba. Од Министерството потвдиле дека од кинескиот гигант, кој дневно преку интернет зделки прави промет од милијарда долари, примиле допис со кои компанијата изразиле желба за можни инвестиции во Хрватска.

Alibaba има интерес за инвестирање и во Унгарија и Србија

Освен во Хрватска, од кинескиот Alibaba биле заинтересирани за вложување во Унгарија, а наводно унгарскиот премиер

Виктор Орбан лично ја примил кинеската делагација. Кинескиот Alibaba интерес покажал и за Србија, но наводно Хрватска и Унгарија биле поинтересни за компанијата заради членството во ЕУ и НАТО, а основачот на Alibaba, Џек Ма, наводно бил заљубен во хрватското море и во убавините на Задар. Давид Лекај, кинески лобист и претседател на Евро-азиската бизнис асоцијција за хрватските медиуми изјавил дека Alibaba веќе донела одлуки кои се поврзани со Економската зона Црно во Задар. “Кинезите се задоволни од условите за

ПРЕДНОСТ: НА 7 КИЛОМЕТРИ ОКОЛУ ЗАГРЕБ ИМА П


www.kapital.mk

Капитал број 900 27.01.2017

41 Неодамна

работење во Хрватска, Во Задар сакаат да направат хот-спот за својата интернет трговија. Најголемата маркетиншка предност на Alibaba се крие во тн. фree shipping или бесплатната достава на онлајн нарачките. Меѓутоа, многу наши сограѓани кои купуваат преку интернет го забележале најголемиот недостаток при купувањето преку Интернет од Alibaba, а тоа се долгите рокови од плаќањето до испорака на производите. Тоа Alibaba сака да го премости со голем дистрибутивен центар во Задар. Во овој случај би се работело за гринфилд инвестиција. Најголемата предност за задарската економска зона е во тоа што на радиус од околу седум километри се наоѓа морско пристаниште, аеродром, автопат и железница”, вели Лекај.

Сите предности од доаѓањето на Alibaba во регионот

Лекај вели дека хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ неодамна повлекол добар потег со потпишувањето на Меморандум помеѓу Хрватска и Кина на неодамнешниот самит 16+1 во Летонија. Лекај на овој самит се сретнал со потпретседателот на Alibaba group, Јонг Сун во делегацијата која ја предводеше поранрешниот хрватски претседател Степан Месич. “На двочасовниот состанок Кинезите ни презентираа импресивни резултати и податоци за капацитетот на најголемата светска онлајн продавница со над 800 милиони производи и повеќе од 400 милиони корисници. Фасцинантен е и податокот дека за еден ден, ширум светот, пратиле 200 милиони пратки во вредност од десетици милијарди долари. Тоа беше шанса за мене на Кинезите да им ги претставам инфраструктурните капацитети на Хрватска и градот Задар, како потенцијална локација за идниот технички и дистрибутивен центар на Alibaba

основачот на Alibaba, кинезот Џек Ма го објави својот амбициозен план за следните 20 години во кој се предвидува дека ќе вработи 100 милиони луѓе. Најголемиот недостаток при купувањето преку Интернет од Alibaba, а тоа се долгите рокови од плаќањето до испорака на производите. Тоа Alibaba сака да го премости со голем дистрибутивен центар во Задар.

за цела Европа”, вели Лекај. Влезот во Задар би требало да биде отскочна даска за многу поголеми проекти на Alibaba во Хрватска и регионот. Лекај тврди дека во случај на влез на Alibaba во Хрватска, би биле спасени и Croatia Airlines, како и аеродромите во Загреб и Задар. Исто така, малите и средни хрватски претпријатија во Хрватска и регионот би можеле да бидат вклучени во производнонабавните ланци на Alibaba, но и да им биде олеснет пласманот на кинескиот пазар.

Во Задар и филмско стидио?

Alibaba е исто така заинтересиран за инсталација на филмско студио. Лекај вели дека за тоа неодамна се разговарало со познатиот хрватски глумец Раде Шербеџија, кој повеќе бил склон на идејата Ријека да биде локацијата за новото филмско студио. “Alibaba во негова сопственост има и неколку филмски студија, главно во Холивид, а ова би била прва таква аквизиција во Европската унија. Раде Шербеџија веќе долго време зборува за идејата холивудската продукција да се донесе во Хрватска, а тој веќе извесно време разговара со разни американски продуценти и глумци околу изградба

на големо филмско студио во Хрватска. Клучната предност на Хрватска, според Шербеџија, е што луѓето од филмската индустрија во Америка и тоа како ги паметат убавите денови и погодностите за снимање во Хрватска од времето на Јадран филм”, вели Лекај. Компанијата Alibaba е доминантен кинески играч во онлајн трговијата, чија платформа држи повеќе од 90% од онлајн пазарот за директни купопродажни трансакции помеѓу клиентите, додека нејзината помала платформа Tmal држи повеќе од 50% од пазарот за трансакции помеѓу претријатијата и клиентите.

Alibaba во следните 20 години ќе вработи 100 милиони луѓе

Неодамна основачот на Alibaba, кинезот Џек Ма го објави својот амбициозен план за следните 20 години во кој се предвидува дека ќе вработи 100 милиони луѓе. “За две децении се надеваме дека ќе имаме две милијарди потрошувачи низ целиот свет, дека ќе го зајакнеме работењето и дека ќе создадеме нови 100 милиони работни места”, напиша Ма во годишното писмо до акционерите. Alibaba очекува дека технолошките промени во следните три децении сосема

ПРИСТАНИШТЕ, АЕРОДРОМ, АВТОПАТ И ЖЕЛЕЗНИЦА


Капитал број 900 27.01.2017

42

www.kapital.mk

БАЛКАН

ќе го променат традиционалниот начин на тргување, а кинескиот онлајн трговец планира да ги повика трговците да се придружат на системот и така да ги умрежат продажните платформи и рекламни алати. Неодамна САД повторно ја врати платформата на Alibaba на црната листа на сајтови преку кои се продаваат фалсификат производи, а Меѓународната организација за борба против копии лани ја исклучи Alibaba од членството, по обвинувањата од некои компании дека кинескиот гигант за онлајн трговија е најголемото продажно место за фалсификувана роба во светот. Но, Џек Ма на тоа одговара дека многу фалсификувани производи се дури и со подобар квалитет од оригиналот. “Фалсификатите денес се дури со подобар квалитет и се продаваат по подобра цена од оригиналите. Тие производи се прават во истите фабрики, ги користат истите суровини, но се продаваат под различно име”, изјавува Ма и заклучува дека денеска е променет начинот на работење за брендовите и дека тука не станува збор за лажни производи, туку за бизнис модел кој направи револуција во светот. Она што е сигурно дека ако Alibaba одлучи да отвори голем дистрибутивен центар во регионот, тоа дефинитивно ќе предизвика револуција во онлајн трговијата. nnn

Веднаш по стапувањето на должност американскиот претседател Доналд Трамп имаше средба со Џек Ма, на која разговарале за многу заеднички проекти и отварање на милион нови работни места во САД. "Џек Ма е одличен, одличен претприемач", изјави Трамп по средбата.


ИНСТИТУТ КОНЦЕПТ ВО СОРАБОТКА СО ЕРНСТ И ЈАНГ УСЛУГИ (EY) ОРГАНИЗИРАAТ:

ОБУКА ЗА ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ ТРЕНДОВИ И ПРАКТИЧНИ АСПЕКТИ

РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ: 31 ЈАНУАРИ 2017

l 2 февруари 2017 година (четврток) l 10:00-16:00 часот Институт Концепт, Скопје СОДРЖИНА НА ОБУКАТА:

l Вовед во трансферните цени l Меѓународни договори за избегнување на двојно оданочување l Примена на правилата за утврдување на трансферни цени во контекст на домашното законодавство l Методи за утврдување на трансферни цени l Преглед на потребна документација l Трансферни цени и прекугранично преместени работници l Македонска перспектива - предизвици и трендови l ДДВ аспект, царински и ценовен аспект на трансакциите помеѓу поврзани страни l Осврт на “BEPS” акциониот план

ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ОБУКАТА: Раководни лица, Финансиски менаџери, Раководители на сметководство во компании кои се дел од меѓународни претпријатија или домашни групации на правни лица.

ПРЕДАВАЧИ:

ВИКТОР МИТЕВ сениор менаџер во EY Софија НЕВЕНА КОВАЧЕВА лидер на праксата на EY

Македонија, Бугарија, Албанија и Косово за советодавни даночни услуги врзани за физички лица

ДУШКО СТЕВЧЕСКИ

сениор консултант во EY Македонија За повеќе информации посетете ја нашата веб страна: www.koncept.com.mk

КОНТАКТ: м-р Ленче Зикова и м-р Бојана Делидинкова le-mail: institut@koncept.com.mk l02 3128 526 l070 272 207

НА

ИЧ

9 7.9

Н АЗ ПР

н

НА ЦЕ

9де

жи ва 6 ата .201 7 нуд 12 01 по 01. 1.2 од 31.0 до

ЛАСЕРСКА ЕПИЛАЦИЈА НА ЦЕЛИ НОЗЕ

Скопје +389 2 / 321 66 08 www.ancevski.com.mk ancevski@laserlab.com.mk facebook.com / Ординација Д-р Анчевски

Сакајте ја Вашата к жа


www.kapital.mk

Капитал број 900 27.01.2017

44

СВЕТ

ТОП 10 НАЈИНОВАТИВНИ Ранг 1. 2. 3. 4. 5. 6. 7. 8. 9. 10.

Компанија Apple Google Tesla Motors Microsoft Amazon.com Netflix Samsung Electronics Toyota Facebook IBM

НАЈИНОВАТИВНИТЕ КОМПАНИИ ВО СВЕТО

A

Американската доминација во областа на иновациите се зголемува, а водечките компании во светот се поактивно ги следат иноваторските стратегии, кои ја дополнуваат основната развојна дејност кон други дополнителни насоки. Во 11-то издание на рангирањето на најиновативни компании кое го издава Boston Consulting Group на челното место се наоѓа американската компанија Apple, која е лидер уште од првото издание. Од 10-те најиновативни компании дури шест се од САД, а од 50-те најиновативни компании 34 се американски. Во првите 50 најновативни компании од целиот свет

само две се од Кина, производителот на смартфони Xiaomi и производителот на комуникациска опрема Huawei, кои се рангирани на 35 и 46 место. Една од карактеристиките кои

се одлика на нај-напредните бзиниси е подготвеноста да побараат иновации и надвор од гранциите на сопствената организација. Надминувањето на мантрата “тоа не е изработено тука”

може да ја засили предноста на компанијата и да го забрза времето за кое таа стигнува до пазарот”, велат аналитичарите на Boston Consulting Group. Тоа го покажуваат и самите

ФАКТ: СЕ ЗГОЛЕМУВА АМЕРИКАНСКАТА ДОМИНАЦИЈА В


www.kapital.mk

Капитал број 900 27.01.2017

45 Apple останува на врвот на овогодишното издание на класирањето на Boston Consulting Group Во првите 50 најновативни компании од целиот свет само две се од Кина, производителот на смартфони Xiaomi и производителот на комуникациска опрема Huawei, кои се рангирани на 35 и 46 место.

КОМПАНИИ СО НАЈГОЛЕМ РАСТ

ОТ

Од 10-те најиновативни компании дури шест се од САД, а од 50-те најиновативни компании 34 се американски.

Компанија Facebook Dupont Pfizer Netflix JP Morgan Chase Nike

Раст 19 места 19 места 18 места 15 места 15 места 15 места

НОВИ КОМПАНИИ НА ЛИСТАТА Компанија Uber Airbnb Under Armour Regenron Expedia SpaceX Hilton

компании, две третини од нив велат дека ќе имаат нови идеи преку внатрешни партнерти. За таа цел многу од компаниите користат big data технологии, инкубатори и различни социјални мрежи. Една од тие компании е Facebook, која во годинешното рангирање го подобрила рејтингот во однос на минатата година и бележи скок на ранг листата од 19 место, и годинава се најде на 9 место на листата на најиновативни компании. Скок од 19 места нагоре има и хемискиот гигант Dupont.

Раст 17 места 21 места 22 места 24 места 32 места 34 места 37 места

Меѓу новите имиња во топ 50 иновативни компании се Uber, кој се рангираше на 17 место, потоа Airbnb кој се најде на 21 место, Expedia која е рангирана на 32 место. Компанијата на иноваторо Илон Маск, SpaceX е исто така ново име на листата на најиновативни компании. Годинава за прв пат на листата како најиновативна компанија се најде и ланецот хотели Hilton, заради иновациите во работењето кои ги воведе во изминатиов период. nnn

ВО ОБЛАСТА НА ИНОВАЦИИТЕ


www.kapital.mk

Капитал број 900 27.01.2017

46

ЛУЃЕ И КОМПАНИИ

И ВАКА СЕ КРАТАТ ТРОШОЦИ

“ФОРЕКАСТИНГ“ ЗА УСПЕШНО МЕНАЏИРАЊЕ СО НАБАВКИТЕ Успешното управување со набавките бара прогноза на идните настани. Многу професионалци се уште планираат врз основа на интуиција, а други пак се потпираат само на логично расудување, велат консултантите за менаџмент. Понекогаш тоа дава одлични резултати, некогаш баш и не.

З

За многу компании улогата на купување не еволуирала многу подалеку од тесните трансакциски корени на функцијата, како што е купувањето материјали, компоненти и услуги. Но, одредени организации што го менаџираат купувањето и набавката, го привлекуваат вниманието на главните директори со тоа што ја подигаат функцијата на повисоко ниво. Тактичкиот потенцијал на набавката како “убиец“ на трошоци не е тајна. На крајот на краиштата, троше-

њето на купената стока и услуги може да претставува значителен процент од трошоците на една компанија, така што бизнис лидерите веќе долго време знаат дека со подобрување на процесот на купување, може директно да го подобрат крајниот резултат. Според еден друг извештај на консултантската куќа McKinsey, вештите купувачи прифаќаат еден поригорозен пристап кон вработените со истовремено надградување на нивните вештини на купување и со истражување на паметни начини да се здружат вработените во целата организација кон една заедничка цел. Овие компании, исто така, поставуваат високи аспирации и цели кои ја балансираат нивната визија за иднината со јасен фокус врз начинот како да се постигне тоа.

Прогнозирање како основа за планирање на набавките

Успешното управување со набавките бара прогноза на идните настани. Многу професионалци се уште планираат врз основа на интуиција, а други пак се потпираат само на логично расудување, велат консултантите за менаџмент. Понекогаш тоа дава одлични резултати, некогаш баш и не. Ризикот и несигурноста се наоѓаат во основите на планирањето. Процесот на “форекастинг“ (forecasting) е вештина на процена во непознати ситуации – од самата прогноза поважна е вештината на изработка на сценарио за случаи планот да се оствари, но и во случај да не се оствари. Секоја програма во синџирот на набавки започнува со некој план. Има две основни

FORECASTING: ВЕШТИНА НА ПРОЦЕНА ВО НЕПОЗНАТИ СИТУАЦИИ


www.kapital.mk

Капитал број 900 27.01.2017

47 методи за прогноза: квалитативни и квантитативни. Примери на квалитативни методи се: истражување на пазарот, изработка на сценарио, стручни мислења и сл. Со нив треба да се биде внимателен затоа што се темелат на интуиција и субјективна проценка. Квантитативните пак методи за прогнозирање се темелат на историски податоци, односно на минати настани. Теоријата што стои зад овие методи поаѓа од претпоставка дека историските податоци во поголема или помала мера влијаат врз настаните во иднина. Стручњаците велат дека за повеќето компании најдобро е да применат комбинација од математички анализи и историски податоци (анализа со помош на квантитативни техники) со квалитативна анализа (изработка на сценарија, стручни мислења и фокус групи).

УПРАВУВАЊЕТО СО СНАБДУВАЧИТЕ ИМА ТРИ ГЛАВНИ КОМПОНЕНТИ: n Селекција на снабдувачите

Постојаната потрага по квалитетни снабдувачи и нивниот избор е централна задача на секој професионалец во набавка. За барање нов снабдувач постојат повеќе потенцијални причини: цената е превисока, квалитетот се расипал, сомневање во опстанокот на компанијата - партнер или некоја друга прилика едноставно е предобра. Денес, како иновативни извори на податоци за снабдувачите може да служат огласите за вработување, затоа што само фирми што се развиваат и растат, бараат нови работници. Исто така стручните здруженија и асоцијации ни нудат непресушен извор на податоци за снабдувачите.

n Оценување на снабдувачот

За вреднување на снабдувачот, постојат три главни елементи: Снабдувачи (оние што се оценуваат) – треба да се биде доста економичен во тоа кои снабдувачи се оценуваат, затоа што тоа е работа која бара доста време. Најпрактично е да се земат предвид 20% од снабдувачите со најголем волумен, како и оние без кои што фирмата не може да работи. Оценувачи (оние што оценуваат) – Со оглед дека снабдувачите не се битни само за еден оддел на фирмата (најчесто секторот за набавка), туку и останатите делови (магацин,

производство, книговодство и др.) потребно е снабдувачите да се мерат од различни агли. Набавката е заинтересирана за точноста на испораката и количините, но производството и одделот за контрола на квалитетот е заинтересиран за квалитетот на производите и материјалите. Исто така, магацинот го гледа квалитетот на пакувањето, а книговодството може да го оцени квалитетот на финансиските документи (дали има грешки, повторни книжења и сл.) Третиот елемент во оценувањето на снабдувачите се мерките на ефективност, односно критериумите по кои што се оценуваат. Некои од критериумите што набавката може да ги оценува се навременоста на испораката, стабилноста на количините, цените, условите за плаќање и сл. Еден од ефикасните начини да се оцени снабдувачот е да се оди во неговата фирма, погони и магацини и да се оцени на лице место.

n Оптимизација на снабдувачите

За да правилно управуваме со добавувачите мораме да избереме соодветна стратегија што е во согласност со стратегијата на компанијата. До сега доминантна стратегија во набавката беше фокусот врз намалувањето на трошоците. Кога зборуваме за намалување трошоци мора да бидеме свесни дека тука постојат ограничувања ако се користиме само со тактички техники, како што е на пример, преговарањето. Многу подобри резултати постигнуваме со стратешки пристап во управувањето со набавката и снабдувачите. Затоа, во фазата на оптимизација на снабдувачите потребно е да ја дефинираме стратегијата кон нив. Тоа би значело стратешки да се согледа можноста за замена на снабдувачите или подобрување на неговите перформанси. Системот на управување со снабдувачите (Suplier Relationship Management – SRM) e интегриран и сеопфатен систем на водење на секојдневните односи со снабдувачите. Се состои од софтвер и деловни процеси кои што ја сочинуваат соработката и поврзаноста и ги усогласуваат активностите на компанијата со снабдувачите. SRM им помага на компаниите во одржувањето на односите со снабдувачите, намалувањето на трошоците и управувањето со ризици поврзани со тие односи. nnn

чекори за 5практични ефективни набавки

1

Создадете персонал со вистински вештини за купување.

Вие сакате персонал со аналитички вештини, кој ќе навлезе во деталите на тоа што се купува. Вам ви требаат луѓе со голема вештина за преговарање - многу мал број менаџери за набавки, како и персоналот што им реферира се обучени преговарачи.

2

Придобијте го извршниот тим стопроцентно да го поддржи купувањето.

Највисоките менаџери за набавка треба да бидат одговорни пред главниот извршен директор или главниот оперативен директор, а не пред некој друг извршен директор во компанијата.

3

Користете префериран список со снабдувачи.

4

Користете технологија за да избиете пред конкуренцијата.

Извршните директори за набавка треба да ги поддржат менаџерите за набавка кога мора да се донесе тешка одлука за менување на снабдувачите.

Уверете се дека користите технологија што ќе ги автоматизира сложените задачи, кои вообичаено, се вршеле рачно. Добијте ги точните податоци и искористете ги кога ќе почнете со преговарање.

5

Создајте програма за наградување од која, всушност,ќепрофитираати поединецот и компанијата.

Бонусите што им се исплатени на вработените се важни за способноста на организациите да прифатат и да усвојат една промена. Уверете се дека тоа што ќе се награди ќе биде и сработено.


www.kapital.mk

Капитал број 900 27.01.2017

48

ТЕХНОЛОГИЈА

ГЛОБАЛЕН КОНЗОРЦИУМ ЌЕ РАЗВИВА АВТОМОБИЛИ „НА ВОДОРОД“

К

Конзорциум од компании што работат во автомобилската индустрија и енергетиката ќе почнат заеднички да развиваат водородни автомобили, соопшти Bloomberg. Во него влегуваат првенствено големи компании како Toyota, Daimler, BMW, Honda

и Hyundai, од автомобилскиот сектор, како и Shell, Anglo American, Total и Engie, од енергетскиот. Конзорциумот се вика Водороден совет и неговата конкретна цел е да го позиционира „водородот како главно решение при енергетските промени“. Водородниот совет беше објавен на Светскиот економски форум во Давос, и во него влегуваат вкупно 13 компании. Нивната работа ќе биде да уверат други компании, како и регулаторите и корисниците, дека преминувањето на водород е главно прашање за идниот

развој на светот во услови на климатски промени. Компаниите ќе бараат и многу нови субвенции за нафтената/ гасната индустрија, зашто според нив до преминување кон почиста енергија може да дојде само преку „правилни политики и поддршка“. Извршниот директор на Air Liquide, Беноа Појтер, додаде дека групата „не може со ова да се справи сама“, и владите треба „да го поддржат водородот преку големи инвестиции во инфраструктурата“. Според него овие барања се оправдани, зашто развојот на електрични автомобили, исто така е субвенциониран.

ВОДОРОДЕН СОВЕТ: ВОДОРОДОТ Е ЧИСТО ГОРИВО И ИЗВОР НА ЕНЕРГИЈА


www.kapital.mk

Капитал број 900 27.01.2017

49 Во моментов транспортот е одговорен за над четвртина од сите гасови што одат во атмосферата, и засилено се бара замена за нафтата. Водородот е чекор напред, но според аналитичарите не е најчистата варијанта

Во проектот се вклучуваат гиганти како Toyota, Daimler, Shell и Linde, а нивниот глобален конзорциум се вика Водороден совет и неговата конкретна цел е да го позиционира „водородот како главно решение при енергетските промени“ Конкуренцијата за чиста иднина

Конзорциумот го смета водородот како „чисто гориво и извор на енергија“, зашто не произведува јаглеродни емисии „во моментот на користење“. Ова, меѓутоа, не го прави апсолутно чист извор на енергија, зашто јаглеродните емисии, иако помалку, сепак ги има. Со тоа што се јавуваат при производството во рафинериите, но не и за време на користењето на горивото.

Природниот гас ќе биде користен за претворање на метан во водород – ова е процес при што се ослободува јаглерод моноксид во атмосферата. Во моментов и двете индустрии се во период на премин, додека производителите на автомобили скоро целосно се посветени на развој во сферата на електричните и беспилотните возила. Во исто време цените на нафтата се двојно пониски, отколку пред

три години. Во моментов транспортот е одговорен за над четвртина од сите гасови што одат во атмосферата, и засилено се бара замена за нафтата. Водородот е чекор напред, но според аналитичарите не е најчистата варијанта.

Електричниот подем

Масовното користење на електрични автомобили изгледаше како фантазија до пред неколку години. Но, откако компанијата на Илон Маск, Tesla, почна да работи имајќи го предвид масовниот пазар и го претстави својот Model 3, што треба да почне да се произведува годинава, ситуацијата се промени. Другите производители на автомобили го следеа примерот на Tesla и објавија дека планираат електрични и автономни возила, а според многу луѓе во секторот, тоа, малку по малку, ќе доведе до паника во нафтените компании. nnn


www.kapital.mk

Капитал број 900 27.01.2017

50

ЛИДЕРИ

ДРУ ХЈУСТОН

ОСНОВАЧ И ДИРЕКТОР НА DROPBOX

НЕ СЕКИРАЈТЕ СЕ ЗА НЕУСПЕХОТ

САМО ЕДНАШ ТРЕБА ДА ЈА ПОГОДИТЕ РАБОТАВА

D

Dropbox денес е најпознатиот онлајн сервис што ни овозможува да ги префрлиме и чуваме нашите фајлови на т.н. облак (cloud). Дру Хјустон е коосновач и директор на компанијата, која што е неговиот шести стартап по ред, пред да доживее

Наместо да се трудите да си го направите животот совршен, дајте си слобода да го направите авантура.

Да се опкружиш со инспиративни луѓе е исто толку важно колку талентот и напорната работа.

Некаде помеѓу печатењето визитки на кои што пишува ‘основач’ и сè друго што треба да сторите, вие сфаќате, ‘Ох, овде имало еден тон работа’”.

планетарен успех и да го направи милијардер. Има само 33 години, а веќе е на списокот на најпосакувани говорници по светските конференции за претприемништво и стартапи, каде што ги споделува своите искуства.

Вредните луѓе не работат напорно затоа што се дисциплинирани, туку затоа што работата на решавање возбудлив проблем е забавна.

Најопасната мисла што може да ја имате како креативна личност е тоа дека знаете што правите.

Многу често да не знаеш сè за сешто е всушност добра работа... Многу одлични, иновативни работи се случиле кога луѓето едноставно не знаеле дека тие се воопшто можни.“

Една од погрешните перцепции за претприемачите е дека тие го сакаат ризикот. Всушност, сите ние сакаме работите да се одвиваат како што очекуваме. Она што ни е треба е оптимизам и толеранција за неизвесноста.

Не секирајте се за неуспехот; Само еднаш треба да ја погодите работава.




Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.