901 kapital magazin

Page 1

КАПИТАЛ АНАЛИЗА КАКВИ СЕ ВЛАДИНИ АГЕНЦИИ ТРОШАТ ДРЖАВНИ ПАРИ?!

БИЗНИС И ПОЛИТИКА МЕГА ПРЕЗЕМАЊА ЈА ОДБЕЛЕЖАА 2016 ВО ЦЕНТРАЛНА И ИСТОЧНА ЕВРОПА

INTERVIEW

Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

БРОЈ 901 | ЦЕНА 100 ДЕН. 3 ЈАНУАРИ 2017 | ПЕТОК | ГОДИНА 18

ТЕМА ПОЛИТИКА ЌЕ УСПЕЕ ЛИ ЗАЕВ КАКО МАНДАТАР?

WWW.KAPITAL.MK

МИТКО ЦАБЕВСКИ основач на uPlug и King Kong

СТАРТАП НЕ Е МОДА, ТОА Е ЖИВОТНА ФИЛОЗОФИЈА ЗА 10 ГОДИНИ: ПОТРОШЕНИ 150 МИЛИОНИ ЕВРА НА СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ



3

Капитал број 901 03.02.2017

СОДРЖИНА

16 04

PROFILE

06

НАВИГАТОР

08 16

Најголеми протести во Романија од падот на Чаушеску ИСТРАЖУВАЊЕ За привлекување на странски инвестиции Македонија досега потрошила 150 милиони евра

24

ПОЛИТИКА

38

АНАЛИЗА

30

ИНТЕРВЈУ

МИТКО ЦАБЕВСКИ

44

МЕНАЏМЕНТ

Наместо да станам адвокат, решив да правам паметен штекер!

48

МЕНАЏМЕНТ

50

ЛИДЕРИ

COVER STORY

15 години по воведувањето на еврото За Европа кошмар, за Македонија сон

КАПИТАЛ АНАЛИЗА

Какви се владини агенции ги трошат државните пари?

40

34

34

Груевски откако не успеа да договори влада, бара нови избори Ќе успее ли Заев како мандатар?

основач на uPlug и King Kong

РЕГИОН БИЗНИС

Мега преземања ја одбележаа 2016 во централна и источна Европа Најголемото преземање е во Русија – продажбата на 19,5% од Роснефт за 10,2 милијарди евра

Првата надворешно политичка криза за Трамп: Балканските воени барабани повторно затропаа Маркетинг тајните на успешните компании екој лидер треба да биде продавач РИД ХОФМАН

ко - основач на LinkedIn

Добрите прилики речиси никогаш не се вклопуваат во вашата агенда

МАНДАТАР

START ME UP

Додека во Европа расте скептицизмот дали единствената европска валута ќе ги преживее најцрните прогнози кои одат и до пропаѓање на еврото, а се погласни се и критиките на нобеловците Кругман, Стиглиц и Фридман според кои монетарната без фискална унија е неодржлива, Македонија подготвено чека да влезе во ЕУ а потоа и да го воведе еврото. Гувернерот Димитар Богов вели дека земјата ги исполнува сите економски критериуми да го воведе еврото и според него “ние релативно брзо би биле подготвени за влез, а користите за нашата економија од влезот во монетарната унија дополнително би се зголемиле“.

„Нови избори се зрело решение“, е ставот што го соопшти ВМРО-ДПМНЕ откако мандаторот Никола Груевски не успеа во рокот да договори владина коалиција. Можеби и ќе се бара решение преку нови избори, но, само откако ќе се исцрпат можностите да се формира влада според резултатите од изборите на 11 декември. Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, сега го чека мандатот од претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов, со само два пратеника помалку (во однос на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ), и со поизгледна перспектива да состави владина коалиција, барем ако се имаат предвид официјалните позиции на парламентарните партии со кои СДСМ би преговарала.

Во домашните, па и балканските стартап кругови, Митко Цабевски е најпрепознатлив како човекот што заедно со својот бизнис партнер од Хрватска, Иван Јелушиќ, стои зад проектот uPlug, “паметниот“ штекер што преку два USB портови може да полни мобилни телефони, таблети и сл. Штекерот од идеја до финален производ го развија со помош на парите од бугарскиот инвестициски фонд Eleven, кој што вложи 200 илјади евра во неколку транши. Со него разговаравме за сите негови стартап приказни, за тоа што работи во моментов, за неговата пасија за технологијата, и што мисли за развојот на македонската стартап сцена во последно време.

XX Стр. 8

XX Стр. 24

XX Стр.30

ЌЕ ДОЧЕКА ЛИ ЕВРОТО ПОЛНОЛЕТСТВО?

Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје l Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31 l П. ФАХ 503, 1000 Скопје l Директор и одговорен уредник: Љупчо Зиков l Печати: Графички центар Скопје, ул. Скупи бб, 1000 Скопје l Тираж: 3.000 примероци l Датум на печатење: 02.02.2017


www.kapital.mk

Капитал број 901 03.02.2017

PROFILE 4

РОМАНСКАТА ВЛАДА ЈА “РАЗЛАБАВИ” БОРБАТА СО КОРУПЦИЈ

НАЈГОЛЕМИ ПРОТЕС ОД ПАДОТ НА ЧАУШ

Д

Додека на 1 февруари во еден часот ноќе (рано наутро) Службениот весник на Романија ја објавуваше итната наредба на Владата што ќе ги прекине процесите против стотици корумпирани политичари, специјални сили ја чуваа зградата на весникот. Наредбата беше огласена малку порано во тек на ноќта по седница на Владата, а претходно соодветна точка немаше на дневниот ред. Ова се случи и покрај двонеделните протести, најмасовни од 1989 година наваму, и откако министерот за правда изјави дека ваква, итна наредба

нема да има, а предвидените промени ќе бидат проследени на разгледување во Парламентот. Веднаш на улиците низ градовите во цела Романија излегоа 30.000 луѓе – центарот на Букурешт доживеа полноќно блокирање – 15.000 протестанти се собраа пред Владата. Романските новинари коментираа дека се случиле „најлошата ноќ во романската демократија од 1989 година наваму“, „тоталитарен акт“; и оти „ова е диктат – следува диктатура“; и дека „Владата тукушто му објави војна на правосудството“. Претходно, во тек на денот, беше одложено за на 14 февруари првото рочиште од случај против претседателот на Социјалдемократската партија, Ливиу Драгна. Тој веќе има двегодишна условна пресуда за друго дело – купување на гласови. Ако биде осуден и за второто, ќе треба да ги одлежи и двете казни. Единственото што може да го спаси е промена на законите. Токму поради првата пресуда Драгна немаше право да биде назначен за премиер на државата (според досегашните

закони), а остана премиер во сенка, кој води Влада составена главно од неговите најблиски соработници. Една од главните промени во романскиот Кривичен кодекс е дека за злоупотреба на службената положба ќе се сметаат само случаите во кои штетата е поголема од 200.000 леи (44.000 евра). Во случајот со Драгна станува збор за штета проценета на 108.000 леи. Во слична ситуација се наоѓаат уште стотици политичари, и тоа не само меѓу владејачките социјалдемократи: поранешниот министер за внатрешни работи, Габриел Опра – 86.000 леи штета; поранешниот министер за инфраструктура, Дан Шова – 124.000 леи; поранешниот градоначалник на општина во Букурешт, Кристиан Попеску Пиедоне – 86.000 леи. Итната наредба за промена на Кривичниот кодекс влегува во сила 10 дена по објавувањето во Службен весник, односно четири дена пред датумот за кога е одложено рочиштето против Драгна, кое сега, јасно е, нема да се одржи.

ЈОХАНИС: СУДИИТЕ СЕ ОГОРЧЕНИ ОД НАЧИНОТ Н


www.kapital.mk

Капитал број 901 03.02.2017

PROFILE

5

ЈАТА ЗА ДА ГО СПАСИ ПРЕМИЕРОТ ВО СЕНКА, ДРАГНА

СТИ ВО РОМАНИЈА ШЕСКУ Владата овие измени не ги внесе во парламентарна процедура (иако во Парламентот имаат стабилно мнозинство), а едно од главните барања на луѓето кои протестираа беше пратениците да расправаат за измените. Како делумно добра новина романскиот печат го прогласи тоа што другиот проект за кој имаше протести – оној за амнестија и помилување на веќе осудени за корупција, нема да биде пласиран во форма на итна наредба, туку прво ќе помине низ Парламентот. Во средата Високиот судски совет на Романија гласаше да се реферира до Уставниот суд дека има потенцијален уставен конфликт меѓу државни институции. На средбата на високите судии учествуваше и романскиот претседател Клаус Јоханис. Претходната недела Високиот судски совет изрази „негативно мнение“ за плановите за промени на Кривичниот кодекс. „Ја напуштам оваа средба задоволен што има можност да ја видам солидарноста меѓу судиите. Судската власт во државата е

Една од главните промени во романскиот Кривичен кодекс е дека за злоупотреба на службената положба ќе се сметаат само случаите во кои штетата е поголема од 200.000 леи (44.000 евра). Во случајот на Драгна, кој поради пресуда немаше право да биде назначен за премиер, станува збор за штета проценета на 108.000 леи

независна, и судиите се огорчени од начинот на кој Владата постапи со промените“, изјави Јоханис. Повеќе високи судии, вклучително антикорупциската обвинителка Лаура Ковеши, се спротивставија на начинот на кој Владата ги прифати вонредните измени. Вакви сигнали доаѓаат и од Европската унија – во средата претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, објавија дека постигнувањата на Романија во борбата со корупцијата треба да бидат наградувани, а не отфрлени. Претставници на ЕК потцртуваат дека ќе го следат процесот на промена на Кривичниот кодекс, и од тоа ќе зависи идната оценка на државата за механизмот за соработка и проверка.

Амбасадите на САД, на Канада, на Германија, на Франција, на Холандија и на Белгија објавија заедничка изјава во која изразуваат „длабока загриженост“ поради спорните измени што го „подриваат“ напредокот на Романија во борбата со корупцијата. Во протестите од средата вечер, најмалку петмина се повредени, а 60 приведени. Романскиот министер за трговија, Флорин Жијану, поднесе оставка поради одлуката на Владата за декриминализација на злоупотребата на власта. Според проценките на полицијата, на протестот во средата само во Букурешт се собрале 100.000 демонстранти, кои бараа оставка од Владата. nnn

НА КОЈ ВЛАДАТА ПОСТАПИ СО ПРОМЕНИТЕ


www.kapital.mk

Капитал број 901 03.02.2017

6

НАВИГАТОР ИЗЈАВА НА НЕДЕЛАТА

НЛБ БАНКА ДОБИ КРЕДИТ ОД Е

> БРОЈКА

1,1% е намален бројот на работници во преработувачката индустрија.

ДОНАЛД ТУСК

претседател на Европскиот совет

Трамп е надворешна закана за ЕУ заедно со Русија, Кина, радикалниот ислам ... новата администрација на САД ги става под прашање последните 70 години американска надворешна политика.

Е

вропската банка за обнова и развој (ЕБОР) и НЛБ Банка АД Скопје, потпишаa договор за поддршка на жените претприемачи во Република Македонија. Како дел од регионалната иницијатива за Западен Балкан – Жени во бизнисот, ЕБОР обезбедува три милиони евра кредит на НЛБ Банка, за финансирање на мали и средни претпријатија, управувани од жени. Програмата е креирана за промовирање на претприемништвото кај жените, помагајќи им на малите и средни претпријатија (МСП)

ИСТРАЖУВАЊЕ

ЗА ПРИВЛЕКУВАЊЕ НА СТРАНСК МАКЕДОНИЈА ДОСЕГА ПОТРОШИ пишува:

З

Александар Јанев

aleksandar.janev@kapital.mk

За привлекување на странски инвестиции, од маркетинг и промоција, субвенции, па до изградба на технолошко индустриските развојни зони, властите во последните десет години потрошиле најмалку 148,7 милиони евра, покажува деталното истражување на БИРН во сите завршни сметки на државниот буџет од 2007 до 2015 година, додека пак за 2016 година податоците се земени од последниот ребаланс на буџетот. Пребарувањето по ставките во завршните сметки на државните буџети за десет години, покажува дека за привлекување странски инвеститори, властите потрошиле најмалку 148 милиони евра народни пари, пишува „Призма“ (БИРН) во новата истражувачка приказна за странските инвестиции во Македонија. Најголем дел од народните пари за привлекување инвеститори во земјава ги потрошиле двете главни државни институции за оваа намена, Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот и Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни

зони (ДТИРЗ), но за оваа намена пари трошеле и Министерството за економија и Владата. Базата на податоци „Странски инвестиции под лупа“ што ја објави БИРН, покажува дека во техонолшко инудстриските развојни зони, во периодот од 2007 до 2016 година, најавени биле вкупно 43

странски инвестиции, во вредност од 1,16 милијарди евра. Во овие фабрики пак, било најавено дека ќе се отворат вкупно 26.730 работни места. Меѓутоа, резултатот на реализација до денес е 13 остварени инвестиции кои што вложиле 231,5 милиони евра и отвориле 6.863 работни места, додека уште 13


www.kapital.mk

Капитал број 901 03.02.2017

7

ЕБОР ОД 3 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ФИРМИ УПРАВУВАНИ ОД ЖЕНИ управувани од жени, во пристапот до финансии и советодавни услуги, овозможувајќи им да остварат раст во работењето. „Програмата за поддршка на Жени во бизнисот, ќе придонесе за понатамошно проширување и збогатување на понудата на кредитни продукти на Банката и советодавните услуги кои ги нудиме на клиентите. Оваа програма е особено значајна бидејќи им овозможува на нашите клиентки пристап до кредити

во износ до 300.000 евра за финансирање на основни средства, но и на средства за тековно работење, по многу поволни услови, со рок на отплата до пет години. Воедно, нуди не-финансиска поддршка, преку советодавни услуги за изработка на бизнис стратегија, маркетинг, сметководство и информатичка технологија. Нашите клиентки ја имаат и можноста за вклучување во програма за менторство и континуирана поддршка на бизнисот, преку локалните советници.

Со кредитната линија на ЕБОР и нејзините поволности, НЛБ Банка, дополнително ќе го поддржи претприемништвото кај жените, придонесувајќи кон општиот економски раст на локалните бизниси”, изјави Антонио Аргир, претседател на Управниот Одбор на НЛБ Банка АД Скопје изјави. ЕБОР реализира проекти во Република Македонија од 1993 година, и до сега има инвестирано над 1.6 милијарда евра, во над 100 проекти во земјата.

лидери

КИ ИНВЕСТИЦИИ ИЛА 150 МИЛИОНИ ЕВРА За привлекување на странски инвестиции, од маркетинг и промоција, субвенции, па до изградба на технолошко индустриските развојни зони, властите во последните десет години потрошиле најмалку 148,7 милиони евра, покажува деталното истражување на БИРН во сите завршни сметки на државниот буџет од 2007 до 2015 година инвеститори се уште ги градат фабриките што ги најавиле. Меѓутоа, дури 17 инвеститори што најавиле дека ќе изградат фабрика во некоја од зоните, ветиле дека ќе вложат 612 милиони евра и дека ќе отворат 14.867 работни места, никогаш не ги реализираа плановите. Дирекцијата за ТИРЗ, која што како таква постои од 2009 година, до 2016 година потрошила вкупно 71,2 милиони евра. Претходно во 2007 и 2008 година, за изградба на технолошко индустриските развојни зони се потрошиле околу 10,7 милиони евра, но преку Министерството за економија. Со тоа вкупниот буџет наменет за технолошко индустриските развојни зони, од 2007 година до годинава надминува 86,7 милиони евра. Втората институција која што исто така има за цел да привлекува инвеститори што ќе вложуваат во земјава, Агенцијата за странски инвестиции, од 2007 до 2016 година потрошила вкупно 50,8 милиони евра народни пари. Од оваа Агенција се исплатиле и 16,4 милиони евра за поддршка на инвестициски вложувања. Истражувањето на договорите за јавни набавки што ги склучувале Дирекцијата за ТИРЗ и Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот ги диференцира

овие две институции задолжени за иста цел. Всушност, најголем дел од тендерите на Дирекцијата за ТИРЗ се склучени за изградба на основната инфраструктура во технолошко индустриските развојни зони, од изработка на проектни документации, изградба на улици, водоводна и канализациона мрежа, електрични инсталации и осветлување, инсталирање на гасоводна мрежа. Од друга страна, Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, поголем дел од тендерите ги склучува за набавка на промотивни материјали, снимање на видеа, рекламни услуги, набавки на авионски билети, хотелски услуги за бизнис форуми, поштенски услуги. Во последните неколку години, пак, посебна ставка од која се трошат народни пари за привлекување на странски инвестиции и развој на слободна економска зона, има и во буџетот на Владата. Од 2013 година до лани, на оваа ставка се потрошени над 11 милиони евра, а интересно е тоа што речиси сите пари завршиле како субвенции и трансфери. Меѓутоа, во буџетот не е прецизирано конкретно на што се потрошиле овие пари, односно дали станува збор за исплата на државната помош што ја добиваат некои од инвеститорите. nnn

КЛАУС ЈОХАНИС

романскиот претседател застана против владата која предлага ослабување на антикорупциските закони

МАТИАС МИЛЕР

Volkswagen стана најголем светски производител на автомобили, надминувајќи ја Toyota

не им беше неделата

НИКОЛА ГРУЕВСКИ

мораше да го врати мандатот за составување влада кај претседателот Иванов

ДОНАЛД ТРАМП

го обедини светот против себе со забраната за влез во САД за седумте мнозинско муслимански земји


8 COVER STORY: 15 ГОДИНИ П Капитал број 901 03.02.2017

www.kapital.mk

COVER STORY

ЗА ЕВРОПА

КОШМА ЗА МАКЕДО СОН


ПО ВОВЕДУВАЊЕТО НА ЕВРОТО9 www.kapital.mk

А

МАР,

ОНИЈА

Капитал број 901 03.02.2017

Д

Додека во Европа расте скептицизмот дали единствената европска валута ќе ги преживее најцрните прогнози кои одат и до пропаѓање на еврото, а се погласни се и критиките на нобеловците Кругман, Стиглиц и Фридман според кои монетарната без фискална унија е неодржлива, Македонија подготвено чека да влезе во ЕУ а потоа и да го воведе еврото. Гувернерот Димитар Богов вели дека земјата ги исполнува сите економски критериуми да го воведе еврото и според него “ние релативно брзо би биле подготвени за влез, а користите за нашата економија од влезот во монетарната унија дополнително би се зголемиле“.


www.kapital.mk

Капитал број 901 03.02.2017

10

COVER STORY

пишува:

Е

Александар Јанев

aleksandar.janev@kapital.mk

Европската валута годинава го прослави својот 15 роденден откако за прв пат еврото беше пуштено во оптек во јануари 2002 година, но ни овој пат „роденденската забава“ не помина без обиди да се наруши нејзиниот славенички дух. Всушност, нобеловците Пол Кругман, Џозеф Стиглиц и Милтон Фридман со ги расипаа плановите за прославата со своите изјави дека еврото како валута е катастрофа и дека треба да пропадне.

Пред неколку дена, и кандидатот за претседател на Франција, Марин Ле Пен, изјави дека нејзината земја ќе го напушти еврото доколку таа победи на изборите во мај. Меѓ у тоа, охрабрувачки податоци објави Европската комисија која според последното истражување, проценува дека 56% од граѓаните во евро зоната, сметаат дека единствената европска валута е нешто добро. Иако ги преживеа прогнозите на најголемите скептици за неговото воведување, еврото е подложно на критики, бидејќи се покажа дека можеби повеќе одговараше на структурите на силните и дисциплинирани економии отколку на оние кои што во монетарната унија влегоа со помалку компаративни предности. Гувернерот на Народната банка, Димитар Богов, вели дека создавањето на Европската монетарна унија од самиот почеток покрај економски беше и политички проект, односно беше во линија со оригиналната замисла за создавање на „сé поблиска унија“, и во тој контекст во линија со слободното движење на добрата, услугите, луѓето и капиталот. Тој објаснува дека

според економската теорија, заедничка валута може да функционира во земји кои припаѓаат на оптимална валутна зона. „Тоа би значело земјите во заедничката валутна зона треба да имаат синхронизирани деловни циклуси, отвореност на нивните економии, мобилност на пазарите на работна сила и капитал и да постои механизам за фискални трансфери. Сепак, присуството на политичката компонента во проектот на евро зоната доведе до заобиколување и креативно толкување на правилата, со што се дозволи влез на неколку земји кои не ги исполнуваа поставените критериуми“, вели гувернерот Богов. Тој посочува дека во неколку наврати дојде и до прекршување на Пактот за стабилност и раст без тоа да биде санкционирано според постоечките правила на игра, што според некои критики влијаеше за натамошно слабеење на фискалната дисциплина и за зголемување на ризикот од идни проблеми поврзани со фискалната политика. „Сепак, длабоките промени во Пактот за стабилност и раст после глобалната

ЕКОНОМИСТИ: ЕВРОТО Е СИЛНО ПРИСУТНО ВО ЈИЕ, НАЈМНОГ


www.kapital.mk

Капитал број 901 03.02.2017

11 О

БРАНИМИР ЈОВАНОВИЌ економски аналитичар

економска криза ја зајакнаа улогата на европските институции во поглед на контрола на фискалните политики на земјите членки. Но, мора да се нагласи дека ризици се уште постојат, но тие се главно од не - економска природа. Ризиците произлегуваат првенствено од постојаната тензија меѓу сувереноста на земјите - членки и институциите на евро зоната и Европската Унија“, вели гувернерот Богов. Аналитичарот Бранимир Јовановиќ, оценува дека главниот проблем со еврото е што тоа не е проследено со некаков вид на фискална унија, која би ги регулирала и координирала фискалните политики на земјите од евро зоната. Тој вели дека со воведувањето на еврото, државите губат сувереност на монетарната политика и на политиката на девизниот курс. „Со тоа, единствената политика која им останува за краткорочно влијание врз економијата е фискалната политика. За да може една држава да спроведува адекватна фискална политика во услови на криза, таа мора да има одреден вид на трансфери од другите држави кои не се во криза. Евро зоната сега тоа го нема,

дносот на Македонија кон еврото треба да зависи од тоа како евро зоната ќе се развива. Доколку евро зоната остане каква што е сега, мислам дека Македонија нема причини за да го прифати еврото, затоа што би добила малку (затоа што нашиот курс е веќе фиксиран за еврото) а би изгубила многу (затоа што би ја изгубила сувереноста на својот девизен курс и на својата монетарна политика). Доколку пак евро зоната прерасне во фискална унија, тогаш Македонија треба да оди кон прифаќање на еврото, затоа што позитивните ефекти од координирана монетарна и фискална политика на европско ниво би биле значајни.

и колку е тоа штетно, се гледа најдобро на примерот на Грција. Единствен начин за Грција да излезе од кризата низ која минува веќе неколку години е да има експанзивна фискална политика, односно да има зголемени државни трошења, за да ја стимулира економијата. Таа сега не може да го прави тоа, затоа што нема пари. Кога би имало фискална унија, Грција би имала фискални трансфери од другите земји, и со тие пари би можела да ја стимулира економијата“, вели Јовановиќ. Според него, фискалната унија е неопходна и заради подолгорочни причини. „Еден од најголемите економски проблеми со кој се соочуваат развиените економии изминативе децении е проблемот на нееднаквоста. Како што неодамна објави Оксфам, најбогатите 8 луѓе на светот поседуваат исто онолку колку што поседуваат најсиромашните 50%. Според Тома Пикети, еден од најпопуларните економисти на денешницата, нужен услов за да се спречи натамошен раст на нееднаквоста е да се воведат глобални и прогресивни даноци на богатство и доход. Тоа значи дека е потребно некое наднационално тело, кое би ги регулирало даночните политики на индивидуалните држави, како што, на пример, Светската трговска организација ги регулира царините на државите. Првиот чекор кон формирање на ваква „Светска даночна организација“ може да биде евро зоната, доколку таа премине кон некој вид на фискална унија“, сугерира Јовановиќ. Дел од економистите од регионот исто така коментираат дека единствена валута има смисла за подрачје кое дели иста или слична економска, политичка, културолошка и каква било друга традиција и погледи на животот. „Со воведувањето на единствената валута се намали можноста за реагирање на економските шокови (како оној во Грција и потоа во цела Европа) преку примена на инструментите на монетарната политика од национално, на ниво на Унијата. Токму поради тоа, договорот од Маастрихт најмногу инсистира на координација на економските и фискалните политики,

особено по прашањето на јавниот долг и буџетскиот дефицит, и независна политика на Европската централна банка. Еврото е тука и претставува една од најјаките светски валути, што повторно не ја намалува долгорочната неизвесност во врска со опстанокот на истата, особено во екот на европската должничка криза, Брегзит, миграциската криза и јакнењето на евроскептичните потези. Вистината е дека единствена валута најмногу им одговара на силните и дисциплинирани економии, додека пак, ги запоставува неодговорните економии (особено на југот на Европа). Крах на монетарната унија не би бил во интерес на земјите членки и поради тоа се вложува огромен напор за да се зачува еврото и идејата за ЕУ“, коментира за Ал Џазеира, економскиот аналитичар Адмир Чавалиќ.

Поголема корист отколку штета

Економските аналитичари сметаат дека воведувањето на еврото донело многу повеќе користи отколку штети и признаваат дека сепак најмногу се офајдила Германија, а најмалку бенефити имале медитеранските земји. Слабеењето на економиите во земјите од медитеранскиот басен не е последица на воведување на еврото, туку нивната фискална недисциплина и поинаков однос кон системот на стопанисување. Гувернерот Богов вели дека Европската унија е наше економско сидро, и оттаму креирањето на монетарната унија и воведувањето на заедничката валута, како дополнителен чекор во зајакнувањето на европската интеграција и за нас имаше позитивни импликации. Тој потсетува дека Македонија уште од 1995 година спроведува политика на де факто фиксен курс кон германската марка, а потоа и кон еврото. „Тоа не е случајно - евро зоната е нашиот најголем трговски партнер, а и степенот на финансиска поврзаност е релативно висок, што е видливо и преку учеството во капиталот на домашниот банкарски систем. Стабилниот курс на денарот во однос на еврото овозможува стабилен и предвидлив

ГУ КАКО СРЕДСТВО НА ФОРМАЛНО И НЕФОРМАЛНО ШТЕДЕЊЕ


www.kapital.mk

Капитал број 901 03.02.2017

12

COVER STORY

амбиент за трговија и одржување на македонската конкурентност на тие пазари“, вели гувернерот. Тој додава дека основањето и проширувањето на европската монетарна унија (ЕМУ) создаде единствен и голем пазар за нашите извозници, притоа отстранувајќи ги претходно постоечките валутни ризици. „Тоа делува и мотивирачки за влез на подолгорочен и постабилен капитал, којшто е од исклучително значење за развој на нашата економија. Кризата на евро зоната секако имаше одредени неповолни реперкусии и врз нашата економија, особено во однос на перцепциите за дел од европските банки во домашниот банкарски систем. Сепак, тоа се кратко-трајни и ограничени ефекти, додека дол-горочните поволни аспекти сметам дека останаа недопрени“, истакна Богов. Економистите коментираат дека воведува-њето на заедничката валута им донесе корист на оние економии кои се вклучија во европската монетарна унија. Се про-ценува дека се направени заштеди од 1,5% до 2% од БДП при трансакциите во тие земји благодарение на воведувањето на еврото. „Тоа не се мали заштеди, а од друга страна дојде и до конвергенција на цените што значи дека цените се приближија или изедначија и потрошувачите лесно можеа да споредуваат цени во различни земји. Познато е дека Германците одеа да купуваат во Данска и околните земји, Австријците и Французите во Италија. Денес оние кои што веќе влегоа во европската монетарна унија не ни помислуваат да излезат од неа, бидејќи гледаат дека бенефитите се прилично големи, а Германците всушност, кои што беа заговорници од самиот почеток, имаа и најмногу корист, но тие и најмногу ги финансираа медитеранските земји кои западнаа во финансиска криза. Земјите од Медитеранот имаат фискални проблеми, а не монетарни и за тоа не е виновно еврото кое донекаде го олесни пристапот до финансиските пазари, туку вината е во нивните влади кои трошеа повеќе пари отколку што можеа да приберат. Сепак, оние земји кои што се држеа до конзервативна фискална политика, земјите од средна и северна Европа, имаа повеќе користи од воведувањето на еврото отколку штети“, вели економскиот аналитичар Дамир Новотни од Хрватска.

Еврото во југоисточна Европа

Во земјите од југоисточна Европа еврото е силно присутно, но најмногу како средство на формално и неформално штедење. Во некои земји, како што се Црна Гора и Косово, еврото се користи како платежно средство, иако ниедна од земјите во регионот не ги исполни критериумите за воведување на еврото како официјална валута. Во Хрватска која што е членка на ЕУ, проблем за воведување на еврото претставува неконтролирано големиот јавен долг и дефицитот во јавниот сектор, додека пак во другите земји уште цела низа на проблеми од политичка природа. БиХ исто така поради бројните економски проблеми не ги исполнува условите за воведување на еврото, а економистите оценуваат дека оваа земја се движи со спиралата на тн. јужни земји. Еврото стана светски важна валута и јасно е дека иднината на балканските валути е директно поврзана со неа, бидејќи сите земји од регионот и пред појавата на еврото, своите монетарни политики ги насочуваа во правец во кој што Германија ја водење својата марка. Во Македонија, 132 милијарди денари од депозитите во банките се чуваат во странска валута, и тоа најголем дел токму во евра. Гувернерот Богов вели дека иако засега на ниво на хипотеза бидејќи Македонија прво би требало да влезе во ЕУ, но кога земјата би требало да го воведе еврото како валута, треба да ги исполни квантитативните, или критериумите од Мастрихт, коишто значат ограничена флексибилност на курсот, дисциплинирани јавни финансии, ценовна стабилност и приближување на каматните стапки кон оние на евро зоната. „Со исклучок на долгорочните каматни стапки, каде се уште има простор за конвергенција, сметам дека останатите критериуми ги исполнуваме. Всушност, она што сакам да го нагласам е дека согласно со одбраниот режим на де факто фиксен номинален девизен курс на денарот во однос на еврото, ние веќе долг период активно работиме на исполнување на овие критериуми. НБРМ во голема мерка при водењето на монетарната политика и генерално ја следи политиката и на ЕЦБ, кога условите тоа го овозможуваат“, вели гувернерот. Тој додава дека од економски аспект, „ние релативно брзо би биле подготвени за влез, а користите за нашата економија од влезот

во монетарната унија дополнително би се зголемиле. Секако, сето ова под услов да се задржат здравите фундаменти на раст и дисциплинираните политики“, истакнува Богов. Аналитичарот Јовановиќ, пак, вели дека односот на Македонија кон еврото треба да зависи од тоа како евро зоната ќе се развива. „Доколку евро зоната остане каква што е сега, мислам дека Македонија нема причини за да го прифати еврото, затоа што би добила малку (затоа што нашиот курс е веќе фиксиран за еврото) а би изгубила многу (затоа што би ја изгубила сувереноста на својот девизен курс и на својата монетарна политика). Доколку пак евро зоната прерасне во фискална унија, тогаш Македонија треба да оди кон прифаќање на еврото, затоа што позитивните ефекти од координирана монетарна и фискална политика на европско ниво би биле значајни“, коментира Јовановиќ. Новотни од Хрватска вели дека еврото стана не само важна европска валута, туку стана една од најважните светски валути. „Околу 40% од светските резерви се чуваат во евра, 40% во долари и сите останати валути со удел од околу 20%. Особено е важно да се нагласи дека во евра штедат и граѓаните од евро зоната, но и граѓаните надвор од неа и тоа особено е пример во земјите од југоисточна Европа кои од секогаш имале судбинска поврзаност со Германија. Така секогаш штедните влогови се чуваа во онаа валута што е владејачка во Германија и сега тоа е еврото. Кога би дошло до ситуација Германија да се одрекне од еврото и да ја врати марката, нашите земји исто така би се вратиле на марката како главна валута за штедење“, вели Новотни. Реалноста е дека навистина Германија најмногу профитираше од воведувањето на еврото, но корист од заедничката валута имаа и оние земји кои строго ги спроведуваа економските реформи и водеа дисциплинирана фискална политика. Голем број на земји, коишто поради цела низа на причини, објективни или не, не успеаја да ги прилагодат своите економии на ситуацијата дека веќе не постои национална валута со која може да се манипулира. Тие спроведуваа слаби, неефикасни или нерационални фискални политики, се најдоа во тешка економска криза и без можност да влијаат не економските текови со вообичаените монетарни манипулации.

nnn



www.kapital.mk

Капитал број 901 03.02.2017

14

COVER STORY

ДИМИТАР БОГОВ

гувернер на Народната банка на Македонија

Македонија ги исполнува условите да го воведе еврото XГувернере, X какви се вашите проценки за иднината на еврото, особено што некои истакнати нобеловци од областа на економијата како Кругман, Стиглиц и Фридман, му предвидуваат црна судбина? Создавањето на Европската монетарна унија од самиот почеток покрај економски беше и политички проект, односно беше во линија со оригиналната замисла за создавање на „сé поблиска унија“, и во тој контекст во линија со слободното движење на добрата, услугите, луѓето и капиталот. Според економската теорија, заедничка валута може да функционира во земји кои припаѓаат на оптимална валутна зона. Тоа би значело земјите во заедничката валутна зона треба да имаат синхронизирани деловни циклуси, отвореност на нивните економии, мобилност на пазарите на работна сила и капитал и да постои механизам за фискални трансфери. Сепак, присуството на политичката компонента во проектот на евро зоната доведе до заобиколување и креативно толкување на правилата, со што се дозволи влез на неколку земји кои не ги исполнуваа поставените критериуми. Понатаму, во неколку наврати дојде и до прекршување на Пактот за стабилност и раст без тоа да биде санкционирано според постоечките правила на игра, што според некои критики влијаеше за натамошно слабеење на фискалната дисциплина и за зголемување на ризикот од идни проблеми поврзани со фискалната политика. Сепак, длабоките промени во Пактот за стабилност и раст после глобалната економска криза ја зајакнаа улогата на европските институции во поглед на контрола на фискалните политики на земјите членки. И покрај критиките дека овие промени ја ограничуваат фискалната сувереност на земјите членки, тие би требало да го намалат ризикот од идни кризи предизвикани од недисциплинирани политики на земјите членки. Покрај ова, беа направени длабоки реформи во однос на надгледувањето на банкарскиот систем – односно беа направи низа чекори на патот кон создавање на банкарска унија, а Европската централна банка вложи огромни напори за обезбедување на непречено функционирање на финансиските пазари и стимулирање на економскиот раст во евро зонатa. Од друга страна, мора да се нагласи дека ризици се уште постојат, но тие се главно од не - економска природа. Ризиците произлегуваат првенствено од постојаната

тензија меѓу сувереноста на земјите членки и институциите на евро зоната и Европската Унија. XКои X се придобивките а кои негативните последици од воведувањето на еврото врз македонската економија? Европската унија е наше економско сидро, и оттаму креирањето на монетарната унија и воведувањето на заедничката валута, како дополнителен чекор во зајакнувањето на европската интеграција и за нас имаше позитивни импликации. Ние уште од 1995 година спроведуваме политика на де факто фиксен курс кон германската марка, а потоа и кон еврото. Тоа не е случајно - евро зоната е нашиот најголем трговски партнер, а и степенот на финансиска поврзаност е релативно висок, што е видливо и преку учеството во капиталот на домашниот банкарски систем. Стабилниот курс на денарот во однос на еврото овозможува стабилен и предвидлив амбиент за трговија и одржување на македонската конкурентност на тие пазари. Основањето и проширувањето на ЕМУ создаде единствен и голем пазар за нашите извозници, притоа отстранувајќи ги претходно постоечките валутни ризици. Воедно, тоа делува и мотивирачки за влез на подолгорочен и постабилен капитал, којшто е од исклучително значење за развој на нашата економија. Кризата на евро зоната секако имаше одредени неповолни реперкусии и врз нашата економија, особено во однос на перцепциите за дел од европските банки во домашниот банкарски систем. Сепак, тоа се краткотрајни и ограничени ефекти, додека долгорочните поволни аспекти сметам дека останаа недопрени. XХипотетички, X кога Македонија би требало да го воведе еврото, колку економските индикатори го дозволуваат тоа? Тоа е хипотетичко прашање и се разбира не може да се даде прецизен одговор. Прво, неопходно е да влеземе во ЕУ, а потоа секако следува период на подготовки за влез во монетарната унија, или т.н. “период на чекање”. Овие подготовки, се однесуваат на работа на исполнување на квантитативните, или критериумите од Мастрихт, коишто значат ограничена флексибилност на курсот, дисциплинирани јавни финансии, ценовна стабилност и приближување на каматните стапки кон оние на Евро зоната. Со исклучок на долгорочните каматни стапки, каде се уште има простор за конвергенција, сметам дека останатите критериуми ги исполнуваме.

Всушност, она што сакам да го нагласам е дека согласно со одбраниот режим на де факто фиксен номинален девизен курс на денарот во однос на еврото, ние веќе долг период активно работиме на исполнување на овие критериуми. НБРМ де факто во голема мерка при водењето на монетарната политика и генерално ја следи политиката и на ЕЦБ, кога условите тоа го овозможуваат. Овој режим на девизен курс е дисциплинирачки механизам, којшто наметнува дисциплинирана монетарна и фискална политика, но и континуирани напори за развој на флексибилен пазар на труд и диверзификација на структурата на економијата и обезбедување на економскиот раст базиран на здрави фундаменти. Оттука, мислам дека од економски аспект, ние релативно брзо би биле подготвени за влез, а користите за нашата економија од влезот во монетарната унија дополнително би се зголемиле. Секако, сето ова под услов да се задржат здравите фундаменти на раст и дисциплинираните политики. nnn

БОГОВ: КОРИСТА ЗА ЕКОНОМИЈАТА ОД ВЛЕЗОТ ВО МОНЕТАРНАТА УНИЈА БИ СЕ ЗГОЛЕМИЛА



Капитал број 901 03.02.2017

16

КАПИТАЛ АНАЛИЗА

БИРОКРАТСКИ ЛАВИРИНТИ ЗА ЕДНА ИСТА ЗАДАЧА ПОСТОЈАТ НЕКОЛКУ ИНСТИТУЦИИ

КАКВИ СЕ ВЛАДИНИ АГЕНЦИИ ГИ ТРОШАТ ДРЖАВНИТЕ ПАРИ?

www.kapital.mk


www.kapital.mk

Капитал број 901 03.02.2017

17 Агенции кои се финасираат од буџет Буџет

Број на

за 2017

вработени

Агенции

(во евра)

2017

Агенција за финансиска поддршка на земјоделството и рурален развој

140.975.057

186

Агенција за вработување на Р.М

33.413.739

505

Агенција за катастар и недвижности

11.076.407

909

Агенција за храна и ветеринарство

10.235.724

355

Агенција за млади и спорт

8.535.008

50

Агенција за филм

7.393.057

12

Агенција за СДИ и промоција на извозот

5.674.585

87

Агенција за стокови резерви

4.233.935

34

Агенција за разузнавање

3.470.764

229

Агенција за промоција на туризмот

3.127.415

36

Национална агенција за европски образовни програми

2.362.439

34

Агенција за лекови и медицински средства

2.094.797

42

Агенција за поддршка на земјоделството - Битола

968.228

132

Агенција за администрација

675.870

117

Агенција за поддршка на претприемништвото

529.854

/

Агенција за управување со одземен имот

360.244

49

Агенција за иселеништво

330.130

21

Агенција за енергетика

257.561

10

Агенција за остварување на правата на заедниците

150.293

17

Агенција за квалитет и акредитација на здравствени установи

142.276

10

236.007.381

2.835

Вкупно извор: Буџет на РМ

Стотици милиони евра годишно од буџетот се трошат преку разни владини агенции, дирекции, совети и комисии, во кои се вработени неколку илјади луѓе. Ако се направи анализа што овие агенции имаат сработено во споредба со тоа колку реално чини нивното постоење, тогаш добар дел од нив се сосема непотребни, посебно оние кај кои има очигледно преклопување на надлежностите кои веќе ги вршат постојните министерства или државни органи. И покрај тоа што таквото преклопување на надлежности е спротивно на законите, бидејќи доведува до неекономично трошење на буџетските пари, нивното основање стана масовна појава во изминатите десетина години.


www.kapital.mk

Капитал број 901 03.02.2017

18

КАПИТАЛ АНАЛИЗА

Преклопувањето на надлежностите е можеби најочигледно кај привлекувањето на странски инвестиции. На привлекување на странски инвестиции работат Владата, односно посебно назначени четири министри за привлекување на странски инвестиции, понатаму постои Агенцијата за привлекување на странски инвестиции и промоција на извозот, а постои и Дирекција за технолошки и индустриски зони.

пишува:

С

Биљана Здравковска Стојчевска biljana.zdravkovska@kapital.mk

Стотици милиони евра годишно од буџетот на Македонија се трошат за работењето на разно-разни агенции, дирекции, совети и комисии, во кои се вработени неколку илјади луѓе. Ако се направи анализа што овие агенции имаат сработено во споредба со тоа колку реално чини нивното постоење, тогаш добар дел од нив се сосема непотребни, посебно оние кај кои има очигледно преклопување на надлежностите кои веќе ги вршат постојните министерства или државни органи. И покрај тоа што таквото преклопување на надлежности е спротивно на законите, бидејќи доведува до неекономично трошење на буџетските пари, нивното основање стана масовна појава во изминатите десетина години. Капитал во следните неколку броеви ќе го анализира работењето и целисходноста на постоење на овие самостојни и независни државни органи, кои имаат својство на посебни правни субјекти, а преку кои годишно се трошат неколку стотици милиони евра.

Луѓе кои се упатени во начинот на кој функционираат овие агенции велат дека во некои агенции за раководители се назначуваат луѓе кои се блиски до партиите на власт и кои имаат заслуги за зголемување на партиското членство и развој на партиската инфраструктура на терен. Земаат многу повисоки плати од другите државни органи, а немаат речиси никакви обврски, освен да дадат согласнот за некои планови и документи кои се претходно веќе скроени во владата. Што сработиле и колку не чинат?

Од Регистарот за државни службеници кои се објави минатата година може да се види дека во Македонија постојат 15 министерства, 28 органи во рамки на Министерствата, 44 самостојни органи на државната управа, 15 правни лица со јавни овластувања, 10 регулаторни тела и 107 јавни претпријатија. Ако се разгледа Буџетот за 2017 година може да се види дека само годинава 19 агенции во кои се вработени 2.835 луѓе ќе потрошат 236 милиони евра. Овие агенции се финансираат или директно преку буџетот или преку такси кои државата ги наплатува од компаниите и граѓаните. Но, ако се влезе малку да се проанализираат зошто во суштина тие постојат и како работат, може да се дојде до заклучок дека добар дел од нив се сосема непотребни, посебно оние кај кои има очигледно преклопување на надлежностите и задачите, кои веќе ги вршат постојните министерства или државни органи и сектори во рамки на министерстрвата.

И покрај тоа што таквото преклопување на надлежности е спротивно на законите, бидејќи доведува до неекономично трошење на буџетските пари, основањето на разно, разни нови агенции, дирекции, совети, комисии стана масовна појава последните десетина години, а нивните буџети и бројот на вработени растат од година во година. Некои од овие овие владини агенции се формирани како посебни органи на државната управа и работат како посебни правни субјекти. Со повеќето агенции управуваат директор и Управен одбор, во кои членуваат лица кои ги назначува Владата, а некои агенции имаат само директор и заменик директор, кои без исклучок се назначуваат по предлог на Владата. Челните луѓе, односно директорите и членовите на управните одбори на овие агенции, дирекции и разно-разни совети имаат многу често многу високи плати и надоместоци, бидејќи тие не подлежат на Законот за државни службеници и нивните надместоци си ги одредуваат или сами или

РЕГИСТАР: ВО МАКЕДОНИЈА ИМА 107 ЈАВНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА



www.kapital.mk

Капитал број 901 03.02.2017

20

КАПИТАЛ АНАЛИЗА Во делот на енергетиката во Македонија работат посебна Агенција за енергетика, а истовремено во рамки на Министерството за економија постои и посебен Сектор за енергетика.

Од Регистарот за државни службеници кои се објави минатата година може да се види дека во Македонија постојат 15 министерства, 28 органи во рамки на Министерствата, 44 самостојни органи на државната управа, 15 правни лица со јавни овластувања, 10 регулаторни тела и 107 јавни претпријатија. од страна на Владата. Многу често основниот принцип на размножување на овие државни агенции и дирекции е феудалниот принцип на поделба на ресорите помеѓу политичките партии на власт, но и намирување на потребите на коалициските партнери во знак за благодарност за “мазното” владеење. Постоењето на ваквите квази државни институции ja оптеретуваат државната каса бидејќи за секоја од нив треба да се обезбедат канцеларии, да се вработат минимум 10 до 15 луѓе, за нив да се плаќаат плати и придонеси, да се плаќаат режиски трошоци, да се набавува мебел и канцелариски материјали... Луѓе кои се упатени во тоа како и по кој принцип функционираат овие агенции велат дека многу често за раководители на некои од овие овие агенции се назначуваат луѓе кои се блиски до партиите на власт и кои имаат најголеми заслуги за зголемување на партиското членство и развој на партиската инфраструктура на терен. Одредени им се големи плати и речиси никакви обврски, освен по некогаш да дадат согласнот за некои планови и документи кои се претходно веќе скроени во владата. Многу често се случуваат парадоксални ситуации луѓето вработени во агенциите за иста работа да земаат дупло поголема плата од платите кои ги примаат во државната админстрација, за кои важи Законот за државни службеници. Од Регистарот за државни службеници може да се види официјалниот број на

вработени во овие агенции и дирекции, и евидентно е дека тој се зголемува од година во година. Она што не е познато за јавноста е бројот на привремени вработувања и бројот на разно разни експерти кои се ангажирани со договор на дело како стручни експерти. Она што треба да се направи е анализа што овие агенции имаат сработено во споредба со тоа колку реално чини нивното постоење. Ако тие агенции чинат повеќе отколку тоа што го сработиле, тогаш е бесмислено нивното постоење и тие не треба ни да постојат. Посебно онаму каде истите функции и задачи би можеле да ги завршат и одделите и секторите во рамки на постојните министерства и државни органи. Засега кратењето на државниот апарат се уште не е дојден на дневен ред во Македонија. Ретко кој политичар јавно изјавува дека државната администрација во Македонија е преголема и преполна со партиски кадри. Веројатно најголема ноќна мора на секој политичар е да се зафати со кратење на преголемиот бирократски апарат и негово чистење од неспособните партиски кадри. Причината за тоа можеби треба да се бара и во тоа што овие разно-разни државни агенции и комисии отсекогаш служеле како идеално место за сместување на заслужните партиски кадри како еден вид благодарница и награда. Бидејќи во овие агенции платите се високи и редовни, а нема речиси никакви обврски и задолженија.

Преклопување на надлежности

Многу чест случај е да не се знае која институција точно за што е надлежна, често им се преклопуваат надлежностите и задачите со други државни институции кои за истата цел трошат пари од буџетот, и така на крајот доаѓаме во бирократски лавиринт во кој не се знае кој што работи, кој колку троши... Преклопувањето на дејностите и обврските е можеби најочигледно кај привлекувањето на странски инвестиции. На привлекување на странски инвестиции работат Владата, односно посебно назначени министри за привлекување на странски инвестиции, понатаму постои Агенцијата за привлекување на странски инвестиции и промоција на извозот, а постои и Дирекција за технолошки и индустриски зони. Во Владата се ангажирани дури 4 министри без ресор кои работат на привлекување на странски инвестиции. За да функционира нормално, секој од овие министри сигурни има и свој кабинет со неколку вработени. Во последните неколку години пари за привлекување на странски инвестиции се превидуваат и во буџетот на Владата. Според неодамна објавеното истражување на Бирн, од 2013 година до лани, на оваа ставка се потрошени над 11 милиони евра буџетски пари, а речиси сите пари завршиле како субвенции и трансфери. Агенцијата за привлекување на странски инвестиции и промоција на извозот во која се вработени 87 лица за годинава има буџет од 5,6 милиони евра. Во Дирекцијата за технолошки и индустриски развојни зони има 74 вработени и таа годинава се планира да потроши 13,1 милион евра од државната каса. Истражувањето на Бирна покажа дека во изминатите десетина година Македонија за привлекување на странски инвестиции потрошила близу 150 милиони евра од државната каса. Преклопување на дејностите и обврските има и во делот на развој и промоција на туризмот. Имено, за иста работа пари од буџетот трошат владината Агенција за промоција на туризмот и Секторот за туризам кој веќе одамна постои во Министерството за економија. Агенција за промоција и поддршка на на туризмот е основана пред неколку години со посебен закон и работи како самостојно правно лице, чија основна цел е унапредување и промоција на туризмот. Агенцијата годинава е има годишен буџет за трошење од 3,1 милион евра, а во неа се вработени 36 лица. Буџетот на оваа агенција бележи големо зголемување во изминатите пет години. На пример во 2011 година буџетот на Агенцијата бил околу 200 илјади евра, а во неа биле вработени седум лица, за да следната 2012 година буџетот се зголеми за пет пати, на околу 1 милион евра, а годинава тој ќе изнесува 3 милиони евра. Истовремено, во Министерството за еко-

БУЏЕТ 2017: 19 АГЕНЦИИ ЌЕ ПОТРОШАТ 236 МИЛИОНИ ЕВРА


www.kapital.mk

Капитал број 901 03.02.2017

21 номија одамна постои посебен Сектор за туризам и угостителство, а за развој на туризмот во буџетот на Министерството годинава е предвидено за развој на туризмот да се потрошат дополнителни 1 милион евра. Ова е класично преклопување и дуплирање на обврски и задолженија за што Државиот завод за ревизија предупредил уште пред неколку години дека е спротивно за Законот и доведува до неекономично трошење на буџетските пари. Во ревизорскиот извештај за Агенцијата од 2010 година, Државната ревизија посочила дека иако со основањето на Агенцијата за промоција на туризмот било превдидено вработените од Секторот за туризам во рамки на Министерството за туризам да ги преземе Агенцијата, тоа не било направено. “Во Министерството за туризам се уште функционира Секторот за туризам, што е спротивно на одредбите на Законот и доведува до неекономично трошење на буџетските средства”, пишува во Ревизорскиот извештај од 2010 година, Но, и шест години подоцна Секторот за туризам се уште функционира во рамки на Министерството за економија. Во ревизорскиот извештај, пак, за ефикасноста на преземените мерки и проекти за развој на туризмот од 2014 година, ревизорите констатирале “преклопување

во делот на промотивните активности помеѓу Министерството за туризам и Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот”. Инаку, ревизорите констатирале дека Македонија, што се однесува до развојот на туризмот, многу повеќе пари троши на промоција, отколку на вистинска поддршка на туризмот. Со Агеницијата за промоција на туризмот управуваат директор и Управен одбор во кои членуваат седум лица, кои ги именува и разрешува Владата со мандат од четири години, а кои за својата работа добиваат надомест, кој го определува Владата. Преклопување на постои и во делот на енергетиката на кое поле работат посебна Агенција за енергетика, а истовремено во рамки на Министерството за економија постои посебен Сектор за енергетика. Агенцијата има својство на правно лице, а средствата за нејзиното работење се обезбедуваат преку трансфери од Буџетот, приходи од вршење на специфични услуги во областа на енергетиката, како и од донации. Буџетот на Агенцијата за 2017 година изнесува околу 260 илјади евра. Инаку, на интернет страницата на оваа Агенција стои дека нјзината мисија е да го поддржува Спроведувањето на енергетската политика на Владата, преку

подготовка на енергетски стратегии , развојни планови и програми, со особен акцент на енергетската ефикасност (ЕЕ) и користењето на обновливи извори на енергија. “Владата и Министерството за економија ја водат и усогласуваат енергетската политика на државата, додека Агенцијата со своите по закон утврдени дејности придонесува за успешна реализација на плановите и програмите”. Со Агенцијата раководоат директор и Управен одбор, кој се состои од пет члена, кои го именува Владата, како што се вели “имајќи ја во предвид соодветната и правичната застапеност на припадниците на сите заедници”. Во исто време, пак, во рамки на Министерството за економија, постои и Сектор за енергетика, во кој работат три посебни одделенија и тоа за Одделение за електроенергетика, анализа, развој и инвестициони проекти во енергетиката, Одделение за фосилни горива, Одделение за енерегетска ефикасност и обновливи извори на енергија. “Со увид во законската регулатива во од областа на енергетиката, ревизијата констатира дека не постои јасно разграничување на улогата и надлежностите на институциите инволвирани во енергетскиот сектор”, констатирале ревизорите при ревизијата на Агенцијата


www.kapital.mk

Капитал број 901 03.02.2017

22

КАПИТАЛ АНАЛИЗА

Преклопување на дејностите и обврските има и во делот на развој и промоција на туризмот. Имено, за иста работа пари од буџетот трошат владината Агенција за промоција на туризмот и Секторот за туризам кој веќе одамна постои во Министерството за економија. за енергетика од 2011 година. Од буџетот се трошат огромни пари за развој и поддршка на земјоделието, но за тоа изминатите години се ангажирани повеќе институции. Постои Министерство за земјоделство во кое се вработени 1.004 луѓе, кое годинава ќе има буџет за трошење од 13 милиони евра, од кои речиси половина ќе биде за плати и надоместоци на вработените. Исто така со задача за го поддржува земјоделието постои и Агенцијата за поддршка на земјоделието-Битола која годинава ќе потроши 970 илјади евра и во која има 132 вработени. Но, убедливо најмногу пари од буџетот се трошат преку Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделието која годинава има буџет за трошење од 141 милион евра, а во неа се вработени 186 лица. Преку оваа Агенција се вршат директните плаќање на субвенциите за земјоделство и рурален развој, искористување на средства од Буџетот и Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската унија (ИПАРД) и спроведување на мерките на државна помош во земјоделството. Оваа Агенција е основана во јуни 2007 година со посебен Закон, а со неа управува директор кој го назначува Владата, кој пак има можност да формира стручни тимови со учество на надворешни стручни лица, во состав и број кој самиот ќе ги определи. Инаку, буџетот на оваа Агенција во 2010 година бил 98,7 милиони евра, а во неа тогаш работеле 87 лица, или двојно помалку од денеска.

Кои се агенциите со најголем буџет?

Ако се анализираат буџетите кои само

годинава ќе ги потрошат владините агенции, најголем е буџетот на Агенцијата за финансиска поддршка на зејоделието, дури 140 милиони евра. Од овие пари 76% се исплаќаат како субвенции кон земјоделците. Втор најголем буџет годинава за трошење ќе има Агенцијата за вработување од 33,4 милиони евра. Агенцијата, во која се вработени 505 лица, врши услуги за задоволување на потребите на пазарот на трудот, како за работодавачите, така и за невработени лица, а се однесуваат на евиденции од областа на трудот, размена на трудот и остварување на права во случај на невработеност. Дури 85% од Буџетот на оваа Агенција ќе се потроши за исплата на социјални бенефиции и надоместоци, како и за активните мерки за вработување на Владата. Трет најголем буџет има Агенцијата за катастар и недвижности од 11 милиони евра, од кој половина ќе се потроши на плати и надоместоци за предвидените 909 вработени. Агенцијата за катастар е формирана во 2008 година, како наследник на поранешниот Државен завод за геодетски работи. Со Агенцијата управува директор и Управен одбор кој членуваат пет лица, кои ги назначува Владата на период од 5 години. Агенција за храна и ветеринарство, која започна со работа во 2011 година како самостоен орган на Владата, годинава има буџет од 10 милиони евра, од кои 40% се троши за плати и надоместоци за 355 вработени. Оваа Агенција е надлежна за вршење на работите од областа на безбедноста на храната и храната за животни, спроведување, контрола, надзор

и следење на ветеринарните активности во областа на здравствената заштита на животните, нивна благосостојба, ветеринарното јавно здравство, како и контрола на националните референтни и овластени лаборатории кои даваат соодветна поддршка за потребите на Агенцијата. Буџетот на Агенцијата во споредба со 2012 година е зголемен за 53%, а бројот на вработени е зголемен за околу 30%. Со еден од поголемите буџети годинава ќе располага Агенцијата за спорт и млади од 8,5 милиони евра, а во неа се вработени 50 лица. Преку оваа Агенција се спроведуваат разни активности за развој на масовниот и врвниот спорт во земјата, следење на спортските активности и спортскорекреативни активности и помагање на различните облици на организирање на младите. Преку оваа Агенција се реализираше и проектот за изградба на спортски терени, игралишта и сали. Колку за споредба во 2008 година оваа Агенција треба да потроши 5 милиони евра, а во неа тогаш работеле 25 лица, или двојно помалку од денеска. Изненадувачки голем буџет од дури 7,3 милиони евра годинава се планира да потроши Агенцијата за филм, во која се вработени 12 лица. Оваа Агенција е основана со Закон за филсма дејност, а почна да работи на почетокот на 2014 година, како правен наследник на Филмскиот фонд на Македонија. “Основната цел на Агенцијата за филм на Република Македонија е развој и унаредување на филмската дејност во Република Македонија. Преку континуираната поддршка на производството на филмови од национален интерес во филмската дејност, поддржување на реализација на меѓународни филмски копродукции, грижата за унапредување на стручните кадри, поттикнување на развој на домашни сценарија, промоцијата на домашното филмско творештво на врвни меѓународни фестивали и настани, како и промоција на Македонија како земја која располага со поволни услови за привлекување на странски продукциски компании за снимање на филмови”, пишува на интернет страницата на Агенцијата. Со Агенцијата управува директор и Управен одбор од пет членови кои ги именува Владата. Една од новормираните агенции е и Агенцијата за лекови и медицински средства е основана во септември 2014 година врз основа на Законот за лекови и медицински средства, како самостоен орган на државната управа, на место на претходното Биро за лекови кое беше орган во рамки на Министерството за здравство. Основач на оваа агенција во која се вработени 42 лица е Владата, а годинава таа ќе има за трошење буџет од 2 милиони евра. nnn

ВЛАДА: ИМА 4 МИНИСТРИ ЗА ПРИВЛЕКУВАЊЕ СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ


ПОЛНИ РЕТКО , ВОЗИ ДОЛГО

www.detoil.com.mk


Капитал број 901 03.02.2017

24

www.kapital.mk

ПОЛИТИКА

ГРУЕВСКИ ОТКАКО НЕ УСПЕА ДА ДОГОВО

ЌЕ УСПЕЕ ЛИ ЗАЕВ договори владина коалиција. Можеби и ќе се бара решение преку нови избори, но, само откако ќе се исцрпат можностите да maksim.risteski@kapital.mk се формира влада според резултатите од изборите на 11 декември. Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, сега го чека мандатот од претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов, со само два пратеника помалку (во однос на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ), и со поизгледна перспектива да состави владина коалиција, барем ако се имаат предвид „Нови избори се зрело решение“, е ставот што официјалните позиции на парламентарните го соопшти ВМРО-ДПМНЕ откако мандаторот партии со кои СДСМ би преговарала. Никола Груевски не успеа во рокот да Без разлика на просторот за толкувања пишува:

Максим Ристески

Н

што го остава членот 90 од Уставот (што ја утврдува должноста на претседателот на државата по одржани парламентарни избори), нема дилеми дека Иванов мандатот за составување влада сега треба да му го даде на Заев. Дел од правните експерти веќе протолкуваа дека Иванов го прекршил Уставот уште кога му го дал мандатот на Груевски. Според нив членот 90 не предвидува дека мандатот во секој случај и се доделува на партијата со најмногу пратенички места. Во прилог на ова толкување велат дека оди рокот од десет дена од конституирањето на Собранието,

КОЦИЈАНЧИЧ: ЗЕМЈАТА НЕМА ВРЕМЕ ЗА ГУБЕЊЕ – ИВАН


www.kapital.mk

Капитал број 901 03.02.2017

25 За странците нови избори се најмалку прифатливи зашто би ја продолжиле кризата, и Западот недвосмислено очекува Заев да го добие мандатот што Груевски мораше да го врати. Лидерот на СДСМ на пресконференцијата одржана на денот по истекот на рокот на Груевски, даде повеќе сигнали дека ја има потребната политичка еластичност што ја бара предизвикот да се преговара со партиите од албанскиот блок откако тие ја потпишаа заедничката платформа

ОРИ ВЛАДА, БАРА НОВИ ИЗБОРИ

КАКО МАНДАТАР? што претседателот го има за да го додели мандатот. Експертите сметаат дека кога мандатот едноставно би се доделувал на партијата со најголем број освоени пратенички места, тогаш на претседателот на државата Уставот не би му дал десет дена за консултации. Овде се мисли на консултации со политичките партии за тоа која од нив може да обезбеди мнозинство. Практиката членот 90 да се толкува така како што постапи Иванов има смисла само ако по одржаните избори е недвосмислено јасно која ќе биде владината коалиција. Но, во ситуација како сега, кога разликата меѓу

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е две пратенички места, неуспехот на Груевски да договори владина коалиција во предвидениот рок сосем јасно покажа дека Иванов требаше да ги искористи десетте дена што му ги дава членот 90 за консултации со партиите за тоа која од нив може да обезбеди мнозинство. Никој однапред не може да тврди дека Заев ќе успее да се договори со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и со други партии од албанскиот блок, но мора да му се даде можност да се обиде, а во овој правец, односно против нови избори, недвосмислено се сите пораки што по

неуспехот на Груевски како мандатар стигнаа од меѓународниот фактор. Најдиректна беше пораката од Европската комисија што ја пренесе портпаролката Маја Коцијанчич. „Земјата нема време за губење и во овој поглед очекуваме претседателот, според Уставот, да изврши итна отворена консултација со политичките сили во земјата и брзо да определи лидер за формирање на влада, кој ќе може да најде заедничко тло за формирање на стабилна, солидна и одговорна коалиција“, порача Коцијанчич, за веднаш да потсети и на очекувањата

НОВ БРЗО ДА ОПРЕДЕЛИ ЛИДЕР ЗА ФОРМИРАЊЕ ВЛАДА


www.kapital.mk

Капитал број 901 03.02.2017

ПОЛИТИКА фото: МИА

26

на Брисел, каде во Македонија сакаат да видат „што е можно поширока“ владина коалиција, што би продолжила со имплементацијата на Договорот од Пржино и на итните реформски приоритети. И од Амбасадата на САД во Скопје порачаа дека го следат процесот на формирање на новата влада, и очекуваат откако ќе биде формирана, Америка да соработува со неа во контекст на напредокот на Македонија во евроатланските интеграции. Од американската амбасадата особено истакнаа дека очекуваат соработка во спроведувањето на реформите предвидени со Договорот од Пржино, „особено во однос на владеењето на правото“. А во пржинскиот договор за владеење на правото станува збор во делот каде е воспоставено Специјалното јавно обвинителство, „со целосна автономија да ја води истрагата околу разговорите што произлегуваат од следењето на комуникациите“. Претставници, пак, на Европскиот парламент, укажаа дека за Европа е сеедно кој ќе биде на власт во Македонија, но оти им е важно, како што рече Германецот Кнут Флекенштајн, „да има стабилна влада што ќе се врати на европскиот пат и ќе ги спроведе зацртаните реформи од Договорот од Пржино и нема да оди против политиката на СЈО“. Известувачот за Македонија во Евро-парламентот, Иво Вајгл, порача дека „нови избори се најмалку прифатливи за стабилноста и за иднината на Македонија“. Според него, нови избори би значеле продолжување на кризата, за чие решавање и ЕК и ЕП вложиле голем труд.

Касами и Села се „за“, но неопходниот Ахмети е неизвесен

Без да ги знаеме тајните, лични мотиви на партиските лидери и на најтесните партиски раководства со кои влегуваат и во оваа

нова фаза по неуспехот на Груевски како мандатар, можеме да извлечеме претпоставка, врз база на компатибилноста на програмите, дека Заев полесно би се договорил со Ахмети, а уште повеќе со Билал Касами од БЕСА, или со Зиадин Села од Алијансата за Албанците. Заев на прес-конференцијата одржана на денот по истекот на рокот на Груевски, даде повеќе сигнали дека ја има потребната политичка еластичност што ја бара предизвикот да се преговара со партиите од албанскиот блок откако тие ја потпишаа заедничката платформа. „На изборите во Македонија победи концептот на заедништво и новата влада ќе ја гради Македонија во таа насока – во едно општество за сите граѓани“, изјави Заев на прес-конференцијата. ТВ 21 во наслов на прилог праша „Дали Заев го направи првиот чекор кон „граѓанска Македонија“?“, поради тоа што лидерот на СДСМ на прес-конференцијата, на прашање што му беше поставено на албански, одговори на македонски. За платформата на албанските партии Заев рече дека во СДСМ имаат „суштински и суштествен став“, што ќе го соопшти откако ќе го добие мандатот од Иванов. Каков е тој став рече дека може да се насети, зашто „ние се залагавме за едно општество за сите“. „Нашиот став е - граѓанинот во центарот на вниманието на идната влада. Оттука, целосно сме позитивни од овие аспекти и доколку мандатот биде час поскоро даден во наши раце верувам дека веднаш ќе ги отвориме на транспарентен и јасен начин, за да бидат јасни и недвосмислени за сите граѓани на Македонија“, изјави Заев. Неговиот заклучок беше дека е уверен оти СДСМ ќе успее да формира парламентарно мнозинство и нова влада.

Расположение за влез во вакво мнозинство пројави претседателот на Движењето за реформи – ДПА, Зиадин Села (дел од Алијансата за Албанците која има три пратеници), кој на ТВ 21 изјави дека Заев не треба да чека Иванов да му го додели мандатот, туку да дејствува, најпрво со став за платформата на албанските партии. „Ако Заев сака да формира влада, ќе треба да се фати за работа, а не да чека да го добие мандатот за да се изјасни за декларацијата на албанските партии. Да се фати за работа и да се обезбеди парламентарното мнозинство, за и ние да бидеме во согласност со уставните правила. Сега е времето, за тоа што го велеше во кампањата, да седнеме и да го спроведеме“, рече Села. И според него нови избори само би ја продлабочиле кризата. Од БЕСА очекуваат „ако Заев го добие мандатот да се видиме и да разговараме“, пренесе Радио Слободна Европа. Партијата на Билал Касами во соопштение по неуспехот на мандатарот Груевски, ја праша ДУИ „уште колку време и аргументи и требаат за да го разбере анти-албанскиот став на ВМРО-ДПМНЕ?“. Од БЕСА сметаат дека токму нивниот изборен резултат, втор во албанскиот блок, е причина што Груевски не успеал да се договори со Ахмети. „Движењето БЕСА, како втор албански политички субјект во Македонија, со еден сосем нов пристап во политичките активности, изјавува дека без принципиелниот став на БЕСА против Груевски сигурно немаше да се случи претседателот на ВМРО, како никогаш порано, да не успее да формира влада“. Што се однесува до ДУИ, без чии пратенички гласови СДСМ никако не може да стигне до мнозинство во Собранието, најтешко е да се претпостави како ќе игра понатаму. Колкав бил притисокот врз Ахмети да не

КОЦИЈАНЧИЧ: ИВАНОВ БРЗО ДА ОПРЕДЕЛИ ЛИДЕР ЗА ФОРМИРАЊЕ ВЛАДА



ШТО ДОБИВАТЕ СО ОН-ЛАЈН ПРЕТПЛАТА НА КАПИТАЛ: претплата на 1. Со електронското издание на Капитал

заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

за најава од 2.Можност три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

до електронското 3. Пристап издание од било каде во Светот

ШТО ДОБИВАТЕ СО ПРЕТПЛАТА НА ПЕЧАТЕНОТО ИЗДАНИЕ НА КАПИТАЛ: l 49 броја на редовното издание на Капитал l 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал l Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа l Платена поштарина l Вклучено ддв l Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози


www.kapital.mk

Капитал број 901 03.02.2017

29

"ДУИ покажа дека т.н. принцип „победникот формира влада со победникот“ беше само алиби за безусловно споделување на власта со Никола Груевски, смета Движењето БЕСА.

ја обновува коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ, и од самата негова партија (ДУИ), и од меѓународниот фактор (посредно или непосредно), јасно е од тоа што тој не прифати продолжување на владината коалиција и откако Груевски, наводно, прифатил и двојазичност на целата територија на државата, претседател на Собранието да биде пратеник од

ДУИ, министерот за внатрешни работи да го предложи ДУИ, па дури направил компромис за прашањето за СЈО – оставил простор дополнително да се решава. Но, тоа што и во вакви околности Ахмети до последен момент не се откажуваше од наводниот принцип од Мајскиот договор – победник со победник од македонскиот и од албанскиот блок, покажува дека не е

Станови во Маврово од 30/м2 до 50/м2 по цена од 650€/м2 до 830€/м2

мал ниту притисокот што лидерот на ДУИ го чувствува од другата страна, што е за продолжување на коалицијата со ВМРОДПМНЕ. Оттука, неизвесно е каква улога ќе одигра тој, а пред неговите влијателни сопартијци што се безмалку отворено за коалиција со Заев, сигурно жестоко ќе ја напаѓа СДСМ која му „украла“ десетици илјади гласови на 11 декември. nnn

Телефон за контакт 078 30 30 59 Веднаш вселиви!


Капитал број 901 03.02.2017

30

www.kapital.mk

ИНТЕРВЈУ

INTERVIEW

МИТКО ЦАБЕВСКИ ОСНОВАЧ НА UPLUG И KING KONG

СТАРТАП НЕ Е МОДА, ТОА Е ЖИВОТНА ФИЛОЗОФИЈА


www.kapital.mk

Д

XДа X почнеме со она по кое станавте “славен“ во стартап заедницата: “паметниот“ штекер. До каде стигнавте со проектот uPlug со вашиот компањон од Хрватска? До самиот крај, хаха... Еве, штекерот се продава, преку нашата веб страница, но и во продавниците на Хрватски Телеком. Најмногу продаваме во пазарите од централна Европа, но имаме задоволителни порачки и од Италија и други западноевропски земји. Засега, интересот е солиден, не можам да кажам дека е спектакуларен, дека ние сега ќе станеме некакви бизнис магнати, но ние сме задоволни. Успеавме да ја реализираме нашата идеја, што почна како неврзан муабет, и стигна до финален производ. XКако X воопшто дојдовте до идеја за “паметниот“ штекер? Имате ли претходни искуства со електроника, инженерство? Што работевте пред да го основате uPlug? Јас не сум ниту инженер, ниту индустриски дизајнер, имам завршено Правен факултет, но со право никогаш не сум се занимавал. Од мал сакам електроника, гаџети, сум се интересирал за технологија постојано, сум сакал да читам, да учам за најновите трендови, достигнувања... На времето дури, додека во Скопје работеше македонското издание на магазинот PC World, отидов кај нив и им реков, дечки, јас не знам што конкретно би можел да правам за вас, но многу сакам технологија, најдете ми нешто, хаха... И тие ми дадоа да преведувам некои текстчиња, да се плеткам таму, што би се рекло. Подоцна работев за неколку фирми за компјутери, а последно нешто што работев во корпоративниот свет беше во Вип оператор, уште од самиот почеток на нивниот бизнис во Македонија влегов таму, и стигнав до позицијата менаџер за иновации. Во еден момент, решив дека сакам нешто сам да правам, дека корпоративната работа не ме исполнува, ја напуштив и основав стартап со еден колега, го нарековме Tager. XШто X сакавте да направите со Tager? Сакавме да развиеме локациско – базирана апликација, нешто налик на тоа што е Foursquare денес, но тогаш, пред 6-7 години, ниту смартфоните беа напредни како денес, ниту мобилниот интернет беше евтин... Едноставно, тајмингот за нашата идеја не беше добар... Но, таа не згасна, туку се преточи во мојот нов проект, Ambio.me, што го почнав со ко - основачот Никола Намичев. Тоа е апликација која на корисниците

Капитал број 901 03.02.2017

31 Во домашните, па и балканските стартап кругови, Митко Цабевски е најпрепознатлив како човекот што заедно со својот бизнис партнер од Хрватска, Иван Јелушиќ, стои зад проектот uPlug, “паметниот“ штекер што преку два USB портови може да полни мобилни телефони, таблети и сл. Штекерот од идеја до финален производ го развија со помош на парите од бугарскиот инвестициски фонд Eleven, кој што вложи 200 илјади евра во неколку транши. Но, ова не му е првиот стартап на Цабевски и со него разговаравме за сите негови стартап приказни, за тоа што работи во моментов, за неговата пасија за технологијата, за тоа како потрагата по интересни проекти го однела дури во Хонг Конг и што мисли за развојот на македонската стартап сцена во последно време. им овозможува на одредена локација да добијат огромен број интересни информации, содржини и медиа. Ambio.me потоа стана дел од македонската компанија ITGma, која што продолжи да веб базирана апликација која го поврзува офлајн и онлајн светот на места како хотели, ресторани, кафулиња и слично каде што корисниците во реално време можат да комуницираат меѓусебно, но и со конкретен бренд. Инаку, значајно е што со Ambio.me бевме и во бизнис акцелераторот SeedCamp во Њујорк, за апликацијата се заинтересира и Google, а се претставивме и пред Andreesen Horowitz, еден од најголемите американски инвестициски фондови, фокусиран исклучиво на технолошки стартапи, кој што има вложено во Twitter, Facebook, Groupon, Airbnb и многу други, денес гиганти вредни десетици и стотици милијарди долари. uPlug дојде после сето ова. Со Иван од Хрватска, се запознав во Скопје, тој беше дојден во посета на свои пријатели од стартапот G6, и почнавме онака, неврзано, да зборуваме за тоа како често се нервираме со полначите за мобилни, како ги забораваме, како би било добро штекерите што ги користиме секојдневно, да бидат истовремено и полначи и сл. И си рековме, зошто да не пробаме ние да направиме еден таков, “паметен“ штекер. Не, дека во светот не беа измислени такви штекери, но ние решивме да го направиме поквалитетен, да биде најдобар во светот, попрактичен, побезбеден, да ја полни батеријата на вашите уреди побрзо и поефикасно. XИмавте X идеја, но како тргнавте во реализација? Од каде најдовте пари? Јас имав искуство од претходните стартапи и компании кај што работев, па не ми беше тешко за кратко време формално да ја ставам нашата идеја во она што би се нарекло компаниски, стартапски рамки. Исто како и јас, и Иван нема инженерско образование, ниту техничко искуство, нему ова му беше прв стартап, но имаше огромна желба и кај двајцата да ја развиеме приказната до крај. Конкуриравме за инвестиција во бугарскиот акцелератор Eleven, од каде што намирисаа

потенцијал и ни дадоа 25.000 евра за почеток. Во неколку транши, до крајот, ни дадоа вкупно 200 илјади евра. XЗа X што ги искористивте тие 200 илјади евра? Секоја од траншите ја добивавме врз основа на претходните успешно завршени задачи, односно цели што ги исполнувавме. Инвестицијата ја употребивме за доведување на uPlug практично од скица до готов производ. Најголем дел од парите ги употребивме за развој на штекерот, производство и маркетинг. XКако X изгледаше процесот на аплицирање во акцелераторот, што бараа од вас? Апликацијата е доста детална и содржи низа прашања кои треба навистина сериозно да се одговорат за да се помине првичниот филтер. Почнувајќи од идеја, пазар, реализација, бизнис план, маркетинг план, детали за продуктот, планови за скалабилност (можноста за значителен раст и експанзија што не мора да значи и пропорционално зголемување на трошоците, н.з.) и секако референциите на тимот кој стои зад целата приказна. Меѓутоа, парите не беа главниот проблем, всушност, од оваа дистанца сега, мислам дека беа и помалиот проблем за нас. XТогаш, X што беше најголемиот предизвик? Најголемите предизвици беа инженерските. Штекерот, колку и да изгледа едноставен на крај како производ, беше многу тешко да се доведе до крајната фаза, спремен за продажба. Многу нацрти, многу калапи испробани пред да дојдеме до најдобриот, многу часови потрошени за да се најде најдоброто решение за струјата, напонот... Ова е производ што го ставате дома, во канцеларија, се работи за електрика, може да се запали ако не е сè како што треба... Ова беше едно сосема различно искуство од тоа што претходно го бев работел, се работи за хардвер, за физички производ, а не за апликација, софтвер и сл.

СТАРТАП ПРАВИЛО: НЕМА ПРАВИЛА, СÈ E МОЖНО


www.kapital.mk

Капитал број 901 03.02.2017

32

ИНТЕРВЈУ

Митко со неговите колеги од uPlug додека го “мозгаат“ паметниот штекер. Ко - основачот Иван Јелушиќ е прв од лево.

XКаде X се произведува штекерот на uPlug сега? Штекерот се произведува во Хрватска, во погон крај Осијек, така што е производ made in EU. И самата компанија ја регистриравме во Хрватска, од практични причини, затоа што земјата е дел од обединетиот европски пазар, па да ги искористиме сите поволности. Секако, поедини делови мора да ги увеземе, од Кина, или други места, но склопувањето се врши во Хрватска. XКога X го договаравме ова интервју, ми рековте дека имате и други проекти во меѓувреме? За што се работи? Откако приказната за uPlug влезе во фазата на готов производ и подготовки за сериско производство и продажба, си дозволив малку одмор да ги средам мислите и да видам што понатаму. Искористив некои контакти што ги стекнав во меѓувреме во Хрватска, и со тамошни партнери отворивме мала. т.н. бутик дигитална агенција, се вика King Kong. Фокусирана е на новите медиуми, односно можностите за маркетинг на Facebook, Instagram, Snapchat…Јас сум повеќе вклучен во делот околу подготовката на стратегија, план, развивање концепти и сл., додека оперативните активности ги оставам на хрватските колеги. Исто така, работам и како консултант за продукт девелопмент и проект менаџмент. Тоа значи, водам проекти, претежно ИТ проекти – апликации, веб сервиси...Периодов бев и во Хонг Конг, на покана на компанија што се занимава со развој на софтверски решенија и апликации, по препорака на мој сегашен клиент од САД. XЗошто X ве побарале дури во Хонг Конг?

Компанијата од Хонг Конг е всушност клиент на моите соработници, и работи со China Mobile Communications, еден од поголемите телеком оператори во Кина. Компанијата сака да понуди сервиси кои што не сака всушност самата да ги развива, туку, практично, ги аутсорсира на дигитални агенции, софтверски фирми и сл., кои што имаат поголемо искуство и експертиза за тие работи. Се работи за т.н. ОТТ-over the top сервиси, услуги што се развиваат покрај основната понуда на телеком операторите, наменети за специфични целни групи на потрошувачи: студенти, тинејџери, деловни луѓе. На пример, апликација за купување карти за кино преку QR кодови. QR кодовите се многу популарни во Азија, за разлика од Европа и САД, каде што не заживеаја баш. XОбјаснете X ве молам, малку повеќе за ова. Па, QR кодовите всушност го направија тој спој на офлајн со онлајн светот, отвораат сосема нови можности за поедноставно живеење. Само со еден скан добивате информации или правите операции за кои што вообичаено ќе треба да типкате на вашиот смартфон или таблет, да барате на Google, физички да отидете да проверувате некоја локација и сл. На пример, во кафулево каде што седиме сега и го правиме овој разговор, кога би имало QR код, преку него може да нарачате, да платите, итн. Во источно – азиските земји наголемо се користат овие можности, кои што го олеснуваат секојдневното функционирање на луѓето во и онака густо населените средини, каде што метежите се огромни и заштедата на секоја секунда или минута се скапоцени.

XШто X друго понесовте со себе од хонгконшкото искуство? Пред, сè, импресионирам сум од нивото на технолошката напредност во Азија. Точно дека Хонг Конг уште пред враќањето во состав на Кина беше развиена капиталистичка енклава среде огромната комунистичка земја, но денес и остатокот од земјата граби напред во поглед на иновативноста и технолошкиот развој, за што, горе-долу сите сме свесни, гледаме што се случува со нивната економија, кои сè кинески брендови се мапираат на светската бизнис сцена како сериозни играчи. Ние од западната хемисфера, всушност живееме во своевидна заблуда дека сè што е ново денес, особено во делот на интернет светот, доаѓа од Западот. Не е така. Според мое лично убедување, Истокот е едно 3-5 години понапред, и она што сега платформите како Facebook, Instagram или Amazon го лансираат како нови опции и функционалности, веќе си функционира на Исток. Морам да ја спомнам тамошната ултра популарна апликација WeChat, која што им служи не само за комуницирање како нашите “месенџери“, туку буквално за сè: плаќање сметки, повикување такси, нарачување храна... XВо X која насока мислите дека ќе биде натамошниот развој на дигиталната технологија и сè што е околу неа, апликациите, веб сервисите и сл.? Изминативе 10 години сведочиме на толку голем напредок на технологијата, за кого што повеќето од нас не сме ни свесни. Затоа што секој ден излегува нешто ново, та ние веќе се навикнуваме на сето тоа и

ЦЕЛ НА СЕКОЈ СТАРТАП: ДА КРЕИРА НЕШТО ШТО ЌЕ РЕ


www.kapital.mk

Капитал број 901 03.02.2017

33 го сфаќаме здраво за готово, што се вели. Па, ние немавме пред 10 години ниту вакви смартфони, ниту толку брз мобилен интернет, ниту таблети, ниту социјалните мрежи беа завладеале со нашиот живот во толкава мера... А, на моменти ни се чини дека ништо револуционерно се нема случено на полето на технологијата. Но, ако Discovery каналот ви ги спакува изминатите 10 години во еден документарец, ќе останете занемени од тоа колку всушност светот на технологијата, а со тоа и нашиот живот се промени за само една деценија. Тоа што мене лично ме фасцинира најмногу во моментов, и што според многу процени ќе доживее бум следниве пет години се трите технологии: виртуелна реалност (Virtual Reality), односно мултимедијална или компјутерски симулирана реалност, како реплика на физички реална средина во која имате чувство дека сте присутни и може да правите интеракции со неа; Засилена реалност (Augmented Reality), што значи менување на средина од реалниот свет која што е виртуелно засилена со помош на компјутерски генерирани инпути како звук, видео, графика или ГПС податоци ; и измешана реалност (Mixed Reality), која што е пак, комбинација од претходните две. Тие ќе го променат начинот на кој што функционираме и ја имаме интеракцијата со компјутерите. Исто така, гласот (voice) како начин на интерфејс многу луѓе го занемаруваат, ќе зазема сè поголема улога во секојдневното комуницирање со уредите. Ние сме научени со компјутерите и останатите паметни уреди да комуницираме преку тастатура, екран, мауспад... Додека, гласот, звукот, е многу поприроден начин. Со само една слушалка во увото, поврзана безжично со вашиот уред во џебот, вие ќе правите многу работи слушајќи и давајќи гласовни команди, упатства и сл. ,без воопшто да гледате во екранот. Ја немате таа бариера помеѓу светот и вас, која што е всушност, екранот. Да речеме, се наоѓате во Лондон и треба да најдете некој паб, вие треба да го вадите телефонот, барате мапа, итн. А, вака, само ќе слушате каде треба да одите. XКои X би биле вашите најдрагоцени совети што би му ги дале на некој претприемач почетник? Една од најубавите работи во стартап светот е што нема правила. Сè е можно. Доколку имате некоја идеја за која вистински сте пасионирани, започнете веднаш. Идеја без егзекуција не вреди ништо. Пробајте, дајте сè од себе, ако не функционира, менувајте без страв. Опкружете се со паметни луѓе. Идеално би било со луѓе кои се попаментни од вас. Волонтирајте во некој стартап, макар и без пари. Искуството е непроценливо. Бидете реални и практични. Слушајте совети и ментори, но верувајте на вашиот инстинкт, вашето внатрешно чувство. Не си земајте сè при срце, не сфаќајте сè премногу сериозно. Среќата ги следи упорните. nnn

ЗА СВЕТСКИ УСПЕХ НА ЕДЕН СТАРТАП, МОРА ДА ОТИДЕТЕ КАЈ ШТО СЕ ГОЛЕМИТЕ ПАРИ XКако X го оценувате развојот на стартап сцената во Македонија последниве години? тартап сцената во Македонија полека се менува на подобро. Ако до пред некоја година практично ја немаше, сега имаме позитивни промени кои влеваат надеж дека работите се менуваат. Сепак ќе забележам дека мораме уште многу да работиме за да изградиме солидна стартап сцена, барем на ниво на оние од регионот. Ние од uPlug, заради тоа што тогаш немаше сериозни домашни фондови и во вистинска смисла акцелератори, моравме да бараме поддршка од странски акцелератор. Сепак, би сакал да истакнам дека во последно време како да забележувам дека стартапот се сфаќа како некаква мода, па гледате сè повеќе млади луѓе влезени во филм дека се на дофат на создавање небаре на новиот Facebook или Airbnb. Нема ништо лошо во големите соништа, но патот до успехот е сосема друга приказна. Се работи за трнлив пат, многу работа, многу неспани ноќи, многу обиди и грешки... Кога ги гледаме приказните за стартапите од Силиконската долина, ги гледаме само успешните примери, милијардите долари што ги заработиле нивните основачи. Тие се еден во милион. А, и тие што успеале, ако ви раскажат колку пати не успеале претходно? За поголем развој на стартап сцената во земјава, пред сè треба свест за тоа дека стартапите не се играчка, туку сериозен бизнис како и секој друг, и треба голема посветеност на претприемачите, упорност до бескрај, челична волја, креативност. Стартапот не е минлив тренд, тоа е филозофија на животот. Од друга страна, од страна на општеството, државата, треба максимална поддршка на младите претприемачи со иновативни идеи, во смисла на подобар пристап до финансии, менторство и сл. Токму и со таа намера, со повеќе луѓе на различни начини инволвирани во стартап заедницата, ја направивме организацијата Стартап Македонија за да се видиме кои сме, што сме, колку сме, што сакаме, што можеме, како можеме да си помогнеме едни на други со споделување знаење, искуство... Талент несомнено има во земјава, но за остварување на поголем меѓународен успех, барем од обемот на она што го направија некои словенечки, хрватски или бугарски стартапи, мора да сте присутни таму каде што се големите пари, големите инвеститори, големите инкубатори и акцелератори, а тоа се финансиските центри како Лондон, Њујорк, Силиконската долина во Сан Франциско... И еден Римац Автомобили или Белабит од Хрватска, на пример, погледнете од каде доведоа инвеститори, каде им се канцелариите за маркетинг и продажба, и сè ќе ви биде јасно.

С

ЕШИ ПРОБЛЕМ, ЌЕ ГО ПОЕДНОСТАВИ ЖИВОТОТ


www.kapital.mk

Капитал број 901 03.02.2017

34

РЕГИОН БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Зделки на преземања и спојувања во централна и источна Европа во 2016 година

2012 2013 2014 2015 2016

бр.зделки

2.596 2.558 2.197 2.138 1.985

вредност (млрд.евра)

137,6 111,7 62,8 53,5 86,7

Извор: Emerging Europe M&A Report 2016/2017

МЕГА ПРЕЗЕМАЊА ЈА ОДБЕЛЕЖАА 2016 ВО ЦЕ

НАЈГОЛЕМОТО ПРЕЗЕМАЊ

ПРОДАЖБАТА НА 19,5% РОСНЕФТ ЗА 10,2 МИЛИ

СЕКТОРИ: НАЈМНОГУ M&A ЗДЕЛКИ ИМА ВО ГРАДЕЖНИШ


www.kapital.mk

Капитал број 901 03.02.2017

35 БРОЈКИ

86,7

милијарди евра е вредноста на сите M&A зделки во 15 земји од централна и источна Европа во 2016-та

62% 1.985 58,22 28,48 10,2 е растот на вредноста на М&A зделките

е бројот на M&A зделките, што е пад за 7,15%

милијарди евра е вредноста на корпоративните M&A

милијарди евра е вредноста на private equity M&A зделките

милијарди евра е највредната зделка на преземање во 2016 во источна Европа

610

милиони евра е највредната зделка на преземање во 2016 на Балканот

ЕНТРАЛНА И ИСТОЧНА ЕВРОПА

ЊЕ Е ВО РУСИЈА

% ОД ИЈАРДИ ЕВРА

Минатата година вредноста на зделките за преземања и спојувања во централна, источна и југоисточна Европа порасна на највисоко ниво од 2013-та наваму, пред сè благодарение на неколку огромни зделки што се склучија кон крајот на годината во Полска, Чешка и Русија. Бројот пак, на M&A зделките бележи пад, заради политичката нестабилност во повеќе земји од регионот, како и глобалната несигурност, стагнација на економскиот раст, неколку клучни избори и референдуми, итн. пишува:

K

Игор Петровски

igor.petrovski@kapital.mk

Компаниските спојувања и преземања (mergers and acquisitions - M&A) во Централна и Источна Европа (ЦИЕ) во 2016 година достигнале највисоко ниво од 2013 година наваму, со тоа што неколку мега - зделки се направија на самиот крај од годината. Во изминативе 12 месеци во регионот се склучени зделки за 86,7 милијарди евра, или за 62% повеќе во однос на 2015 година, покажуваат анализите на меѓународната адвокатска фирма CMS Cameron McKenna и аналитичката компанија EMIS. Анализата опфаќа 15 пазари од ЦИЕ и Турција, а Македонија е само спомената на неколку места, додека посебно не е обработена како пазар.

ШТВО И НЕДВИЖНИНИ, ПРОИЗВОДСТВО, ТЕЛЕКОМИ И ИТ


www.kapital.mk

Капитал број 901 03.02.2017

36

РЕГИОН БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Топ 10 преземања и спојувања во централна и источна Европа во 2016 Земја на

Таргет компанија

таргет

1. Rosneft 2.

Неколку пиварници на InBev во ЦИЕ

Русија Чешка, Унгарија Полска, Романија,

3. Bashneft 4.

Energeticky A Prumyslovy Holding

Словачка Русија

Земја на

Вредност во (млрд.евра)

Glencore PLCl;

купувач Швајцарија

енергетика

Qatar Investment

Катар

Храна и пијалаци

Asahi Group

Јапонија

7,3

Rosneft

Русија

4,7

Чешка

3,2

Сектор

Купувач

Рударство и

Рударство и енергетика

10,2

Даниел Кретински Чешка

Енергетика

прив.инвеститор; менаџери во EPH

5. Grupa Allegro

Полска

Телеком и ИТ

Mid Europa Partners

В.Британија

2,9

6. Bank Pekao SA

Полска

Финансии

PZU SA; PFR SA

Полска

2,5

7. PointPark Properties

Чешка

GIC Pte Ltd

Сингапур

2,4

8. Morton Group

Русија

PIK Group

Русија

2,0

9. Morton Group

Русија

Русија

1,99

10. Vankorneft ZAO

Русија

Индија

1,8

Недвижнини и градежништво Недвижнини и градежништво Недвижнини и градежништво Рударство и енергетика

Сергеј Гордеев, прив.инвеститор Indian Oil Ltd. и др.

Извор: Emerging Europe M&A Report 2016/2017

Русија и Полска се на челните две позиции според вредноста на зделките (види табели), а Чешка и Романија се истакнаа како “ѕвезди“ во 2016-та, со најголем пораст на вредноста на спојувањата и преземањата. Бројот на зделките е помал, односно континуирано паѓа пет години по ред, и е двојно помал од нивото во 2011 кога беа забележани 4.175 трансакции на М&А во регионот. Инвеститорите беа претпазливи со оглед дека светскиот економски раст беше слаб, а несигурноста голема околу резултатите на неколку битни избори и референдуми во Европа. Но, кон крајот на годината се појавија знаци на оптимизам, кога и се случија неколку големи зделки, кои што придонесоа вкупната вредност на М&A во 2016 да биде на највисоко ниво последниве 4 години. Швајцарскиот трговец со метали Glencore заедно со катарскиот државен инвестициски фонд купија 19,5% удел во најголемиот руски производител на нафта Rosneft за 10,2 милијарди евра, а јапонската пиварска групација Asahi плати 7,3 милијарди евра за удел во повеќе пиварници во ЦИЕ што беа во сопственост на светскиот пиварски гигант AB InBev. Гледано по сектори, рударството и енергетиката водат според вредноста на зделките, благодарение и на споменатата зделка на Glencore и Катарците, што доведе до пораст на вредноста на зделките во овој сектор за дури 454% на годишно ниво, додека зделката со пиварниците придонесе

во вкупниот пораст на секторот храна и пијалаци за 154%, во поглед на вкупната вредност на М&A. Градежништвото и прометот со недвижности пак, го презеде приматот на телеком и ИТ секторот кога станува збор за вкупниот број на М&A зделки, покажува извештајот.

Јапонските инвеститори со највредни зделки

Русија, како најголем пазар воопшто меѓу анализираните земји, остана на првото место според М&A зделките и покрај остриот пад во нивниот број, затоа што вредноста на самите зделки ја заврши работата. Полска исто така има пад во бројот на зделките, речиси двојно повеќе од пред 5-6 години, но вредноста се врати на високите нивоа од 2013, заради напливот од големи зделки. Турција забележа значителен раст на бројот и вредноста на M&A, пред сè заради политичката нестабилност и конфликтот во Сирија, но сепак генерално останува еден од најголемите пазари за M&A во регионот. Романија забележа силен пораст во бројот на M&A, највисок од 2013 наваму, иако нивната вредност е помала во однос на 2015-та. Што се однесува на тоа од каде доаѓаат најмногу инвеститори во регионот, лани се забележал растечки тренд на прилив на азиски капитал. Вкупната вредност на аквизициите направени од јапонски компании пораснала за речиси 30 пати, првенствено заради зделката на Asahi – InBev пиварниците. Инвестициите од

Сингапур достигнаа 2,4 милијарди евра, највисоко ниво од 2012-та наваму. Кина е на шестото место на земји инвеститори, со број на зделки поголем за 22%, а скокна на третото место според вредноста. Најмногу зделки се склучени од страна на американски инвеститори, додека според вредноста води Јапонија. Вредноста пак, на британските инвестиции порасната е за 107%.

Полска и Чешка предничат во мега - зделките

Една од најголемите зделки на спојување/ преземање досега во централна и источна Европа беше таа на јапонската пиварска групација Asahi која купи неколку пиварници во Полска, Чешка, Унгарија, Словачка и Романија, што беа во сопственост на SABMiller, но компанијата мораше да се ослободи од нив, откако беше преземена од ривалот AB InBev. Asahi плати 7,3 милијарди евра за ова портфолио на пиварници, а оваа трансакција ја заокружи годината на мега – зделки, од кои што добар дел се случија во Полска. Таму државата откупи назад капитал во фирми што претходно ги беше приватизирала, а што оцени дека се стратешки важни - во секторите енергетика, финансии, итн. Овој тренд доведе до раст на М&A активностите на краток рок, но постои ризик да се загрози репутацијата на Полска како сигурно место за инвестирање, сметаат аналитичарите на CMS, изготвувачи на извештајот. Големи трансакции во Полска беа прода-

ТРЕНД: ПОМАЛКУ ЗДЕЛКИ, А ПОГОЛЕМА ВРЕДНОСТ


www.kapital.mk

Капитал број 901 03.02.2017

37 Топ 5 преземања и спојувања на Балканот во 2016 Таргет компанија

Земја на таргет

1. United Bulgarian Bank

Бугарија

2. Bankers Petroleum Ltd.

Албанија

3. Arena Centar

Хрватска

4.

City Center One Zagreb East City Center One Zagreb West

5. Porto Montenegro

Хрватска Црна Гора

Извор: Emerging Europe M&A Report 2016/2017

Сектор

Купувач

Финансии

KBC Group

Рударство и

Geo-Jade

енергетика Недвижнини и

Petroleum Corp. New Europe

градежништво Недвижнини и

Property

градежништво Недвижнини и градежништво

Morgan Stanley Investment Corporation of Dubai

Земја на

Вредност во

купувач

(милиони евра)

Белгија

610

Кина

394,6

Јужна Африка

237,5

САД

220

ОА Емирати

200

КАКОВ БЕШЕ M&A ПАЗАРОТ НА БАЛКАНОТ

бр.1 ПО ВРЕДНОСТ ПРОДАЖБАТА НА UNITED BULGARIAN BANK

Р

елативно тивка година во поглед на M&A активностите на балканските земји опфатени во анализата на CMS и ЕМIS, велат аналитичарите, но сепак, крајот на 2016-та ја одбележа значаен потег на Bank of China, петтата најголема банкарска институција во светот, која што отвори своја канцеларија во Србија, прва нејзино претставништво на Балканот. Таа доби лиценца од надлежните власти во земјата и ќе почне со операции годинава. Откако претходно финансираше некои кинески инвестиции во Србија, се очекува Bank of China да биде главниот терминал за ширење на кинеските инвестиции и во останатите балкански земји. Генерално, бројот на М&A зделки во анализираните балкански земји беа на исто ниво како и во 2015-та, но вредностите беа пониски. Ситуацијата значително варира од земја до земја и затоа е тешко да се донесе генерален заклучок за сите. Најголема е зделката на преземање на бугарската United Bulgarian Bank на белгиската KBC за 610 милиони евра. Имаше помалку големи зделки и се забележува премин жбата на Allegro, компанија ривал на eBay, на приватен инвестициски конзорциум за 2,9 милијарди евра и договорената зделка за продажба на кабелскиот оператор Multimedia Polska на британската медиска групација Liberty Global за 6901 милион

кон зделки од помал обем, што значи повеќе активности меѓу домашните играчи одошто инвеститори од типот на фондовите KKR и Blackstone, кои што беа повеќе активни во регионов претходните години. Србија ја продаде челичарницата во Смедерево на кинеската He Steel Group, а познат е и интересот за продажба на белградскиот аеродром “Никола Тесла“, како и Комерцијална банка – Белград. Годината беше подинамична за инвеститорите во Хрватска, каде што порасна волуменот на трансакциите, додека во Босна и Херцеговина процесот на приватизација на државните фирми стагнираше, заради политички проблеми. Словенија регистрираше повеќе големи М&A зделки лани. Политичката несигурност во Бугарија го закочи растот на нејзината економија, иако бројот на M&A зделки порасна во 2016 и очекувањата се дека ќе се зголеми динамиката годинава, додека во Македонија инвеститорите беа воздржани, исто така заради политичката криза и изборите што се одржаа кон крајот на годината.

евра. Други значајни зделки во регионот на ЦИЕ беа продажбата на еден од најголемите романски трговски синџири, Profi на Mid Europa Partners за 533 милиони евра. Се забележа и значителен прогрес во

гринфилд инвестициите, вклучително и почетокот на изградбата на новата фабрика на Jaguar Land Rover во Словачка, додека Mercedes ќе гради фабрика за мотори во Полска, Amazon ќе отвора логистички центри во Чешка и Полска, итн. nnn


Капитал број 901 03.02.2017

38

www.kapital.mk

АНАЛИЗА

ПРВАТА НАДВОРЕШНО ПОЛИТИЧКА КРИЗА

БАЛКАНСКИТЕ ВОЕНИ БАРАБАНИ ПОВТОРНО ЗАТРО

ШИНДЛЕР: ПУТИН САКА ПОЛИТИЧКИ ХАОС НА БАЛКАН


www.kapital.mk

А ЗА ТРАМП:

И ОПАА

Капитал број 901 03.02.2017

39

„Путин ја смета интервенцијата на Западот во Босна и на Косово како навреда за словенско-православниот свет, и тој планира освета. Во моментов, НАТО распоредува сили во Полска и на Балтикот да го одврати рускиот авантуризам, но Кремљ со ѕвечкање со оружје во 2017 година може да ја тестира одлучноста на Алијансата на Балканот, каде државите се слаби и западната контрола изгледа несигурно“, пишува во колумна за Observer експертот за безбедност и поранешен аналитичар на NSA, Џон Шиндлер

П

„По деценија и половина војна во далечни области, почната по нападите во САД од 11 септември 2001 година, лесно е да се заборави колку време западните шпиони, војници и дипломати потрошија во деведесеттите години обидувајќи се да го спасат Балканот од самиот себе. По распаѓањето на Југославија во 1991 година, што остави насилство и немири зад себе, на НАТО, предводено од САД, падна товарот да ја среди оваа грда збрка. Сега, генерација подоцна, привремените решенија на Вашингтон се распаѓаат, и војната можеби се враќа на европскиот нестабилен југоисток. Најпрво, Босна и Херцеговина, која доби лавовски дел од медиумското внимание во деведесеттите – во никаков случај не беше сè

точно – се сведе на полупропадната држава во последните две децении. Заглавена во криминал и во корупција, да не зборуваме за сериозниот проблем со исламскиот екстремизам, Босна боледува политички, економски, социјално. Чудно, но договорот издејствуван од поранешниот претседател на САД, Бил Клинтон, во Дејтон, Охајо, во 1995 година, за да ја одржи Босна цела по страшната граѓанска војна, никогаш не беше замислен како нешто повеќе од краткорочно решение. Сепак, во Босна остана дејтонскиот систем, со слабо Сараево, и моќ пренесена на два псевдо-државни ентитети: претежно муслиманската Федерација (со хрватско малцинство што се намалува) и Република Српска. Од ова чудно уредување никој не е задоволен. Премногу моќ е делегирана за муслиманите, недоволно за Србите, а Хрватите немаат свој, трет ентитет. Дејтон донесе краткорочен мир, но осигура да не може да се тргне напред на подолг рок од балканската каша. Сега раководството на Република Српска, по години фрустрации, се заканува дека ќе го напушти Дејтонскиот договор.

НОТ ШТО ЌЕ ГО ОДВЛЕКУВА ВНИМАНИЕТО НА ЗАПАДОТ


www.kapital.mk

Капитал број 901 03.02.2017

40

АНАЛИЗА Договорот издејствуван од поранешниот претседател на САД, Бил Клинтон, во Дејтон, Охајо, во 1995 година, за да ја одржи Босна целовита по страшната граѓанска војна, никогаш не беше замислен како нешто повеќе од краткорочно решение

Ако НАТО не ја поднови Хрватска која иако членка на Алијансата нема ништо подобро од дотраените МиГ-21 борбени авиони, Србија ќе доминира во воздухот над регионот со подарените од Русија МиГови-29

Нејзиниот претседател, Милорад Додик, кој корумпирано ја водеше неговата пара-држава во последните две декади, не го крие својот обновен национализам. Неговите закани да ја повлече Република Српска од Дејтон веќе не се само фантазија. Вашингтон неодамна одговори со санкции за Додик поради неговите напори да го саботира Дејтонскиот договор. Додик, пак, го нарече американскиот амбасадор во Сараево „докажан непријател“ на босанските Срби, кој не бил добредојден во Република Српска. Бидејќи раздразливите односи меѓу Србите во државата и Владата во Сараево доминирана од муслимани се истите што ја фрлија земјата во граѓанска војна и геноцид во 1992 година, потезите на Додик покажуваат колку депримирачки мал политички напредок бил постигнат – и покрај повеќе од две декади западна политичка и воена интервенција и милионите долари помош потрошени за да се направи Босна помалку подложна на братоубиство. Дури и полоша е ситуацијата на Косово, поранешната српска покраина што стекна независност благодарение на 78-дневната кампања со бомбардирање од страна на НАТО во 1999 година, што го потчини Белград. Иако поголем дел од светот ја признава независноста на Косово, Србија не го прави истото. Тензиите растат поради провокациите на Белград. Србија притиска за независност на северно Косово, каде живеат најголем број од Србите. Неодамна Белград испрати воз до Митровица украсен со слоганот „Косово е Србија“ на 21 јазик, во што Албанците видоа голема провокација. За среќа, возот беше вратен

пред да стигне до Косово, и експлозијата на кризата беше спречена – за сега. Како и да е, претседателот на Србија, кој е голем националист, се закани дека ќе испрати војска на Косово ако некој ги загрози Србите таму – нешто што би ја рестартирало меѓуетничката војна на која НАТО и стави крај со бомбардирањето во 1999 година. Како одговор, косовското раководство побара од Европската унија да го смири Белград пред нештата да излезат од контрола, додека некои Албанци зборуваат за воскреснување на Ослободителната војска на Косово, бунтовничката сила која успешно ја предизвика управата во Белград во деведесеттите. Бидејќи Косово нема армија, а само паравоени

полициски сили – НАТО инсистираше на разоружување за да превенира иден конфликт – сите албански напори одново да се наоружаат само ќе охрабрат полошо поведение на Србија. Воопшто не треба да се споменува и дека стотици муслимани од Косово се придружија на Исламската држава во Ирак и во Сирија, и џихадистите ветерани се враќаат сега дома, што значи оти има добро вооружени Албанци кои, исто така, „ги чеша“ за војна. Ниту, пак, подемот на национализмот меѓу Србите е случаен. Како што забележавме уште пред две години, Владимир Путин провоцира со Република Српска, зашто официјалната идеологија на Кремљ за словенско-православна солидарност

ШИНДЛЕР: РУСКИОТ ПРОДОР ВО СРБИЈА Е ЗАГРИЖУВАЧКИ



www.kapital.mk

Капитал број 901 03.02.2017

42

АНАЛИЗА

против декадентниот Запад е радосно примена меѓу многу Срби – пред сè во Босна, која беше под западна воена окупација од 1995 година. Москва го култивираше Додик политички и финансиски додека го охрабруваше неговото поставување предизвици во однос на дејтонскиот систем. Рускиот продор во Србија е загрижувачки. Тешко дека е случајност што провокативниот воз што Белград го испрати за Косово е произведен во Русија. Присуството на руски разузнавачки служби во Србија е невообичаено големо и упадливо, и тие неодамна воспоставија шпионска база на југот на државата чија очигледна цел е да се мониторираат западните активности во регионот. Два месеци претходно, Русија, Белорусија и Србија спроведоа заеднички воени вежби на српска територија, наречени „Словенско братство“, во знак на анти-НАТО сила. Што е најважно, Москва неодамна и подари на Србија модерно оружје, вклучувајќи 60 оклопни возила (половина од нив Т-72 тенкови), плус шест МиГ-29 авиони-ловци. Ова можеби не изгледа многу, и МиГ-29 авионите се вишок на руските воздухопловни сили, но тие претставуваат пресвртница во регионот.

Пристигнувањето на руските воздухоплови, очекувано пролетва, ќе ја претвори Србија во единствена држава од поранешна Југославија што ќе има модерни борбени авиони. Хрватска, членката на НАТО, има десетина дотраени МиГ-21 авиони, што се генерации постари од МиГ-29, и поради годините негрижа одвај неколку од нив сè уште можат да полетаат. Ако Атлантската алијанса не му помогне на Загреб, новите борбени авиони на Србија ќе доминираат во регионот. Како и да е, најголемата грижа сега се заканите за Балканот што ги преставуваат тајните шпионски игри на Кремљ што ќе ги наречеме специјална војна: шпионажата, пропагандата, тероризмот. Во ноември, оперативци поврзани со руските разузнавачи се обидоа да спроведат насилен државен удар во Црна Гора, малечката република на поранешна Југославија на Јадранот, која чека членство во НАТО, и политичарите во Белград кои не се многу ентузијасти околу блискоста со Москва ги сметаат ваквите таинствени атентатори како закана и за нив. Имајќи ја предвид навиката на Путин да ги отстранува луѓето кои не му се допаѓаат на бескруполозни начини, се чини дека овде се

НИЕ СМЕ ВРСКАТА СО СИТЕ ДЕЛОВНИ ПОДАТОЦИ КОИ ВИ СЕ ПОТРЕБНИ

#1

ЗА БИЗНИС ИНФОРМАЦИИ

ЗА ПАМЕТНИ ДЕЛОВНИ ОДЛУКИ!

02 / 3117 100 info@targetgroup.mk www.targetgroup.mk

работи за легитимна загриженост. Што сака Путин на Балканот се чини е доволно јасно, а имено, политички хаос, што ќе го одвлекува вниманието на Западот. Тој со задоволство би ризикувал и локална војна за да го постигне тоа. Политичките решенија испорачани генерација претходно од НАТО, се сè поранливи, и Москва планира да ги собере плодовите од таквата ситуација. Путин, како и многу Руси, гледа на западната интервенција во Босна и на Косово како навреда за словенскоправославниот свет, и тој планира освета. Во моментов, НАТО распоредува сили во Полска и на Балтикот да го одврати рускиот авантуризам, но Кремљ со ѕвечкање со оружје во 2017 година може да ја тестира одлучноста на Алијансата на Балканот, каде државите се слаби и западната контрола изгледа несигурно. Ако се земе предвид колку лошо поминаа работите последниот пат кога руското разузнавање ги помагаше и поддржуваше српските махинации во Босна, САД и европските партнери треба итно да ја смират југоисточна Европа пред проблемите да им излезат од контрола, и масовното насилство да се врати во овој традиционално проблематичен регион.“ nnn


РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ: 10 ФЕВРУАРИ 2017

ИНСТИТУТ КОНЦЕПТ ОРГАНИЗИРА ЕДНОДНЕВЕН СЕМИНАР ЗА:

ИПА ФОНДОВИ 5 КОМПОНЕНТА - ИПАРД 2 ВО ПРОГРАМАТА ЗА РУРАЛЕН РАЗВОЈ 2014 - 2020 ОД ИНСТРУМЕНТОТ ЗА ПРЕДПРИСТАПНА ПОМОШ СЕ ПРЕДВИДЕНИ 79 МИЛИОНИ 623 ИЛЈАДИ 529 ЕВРА КАКО ЈАВНА ПОМОШ ЗА ПЕТАТТА КОМПОНЕНТА ИПАРД 2 (ЈАВНИОТ ПОВИК Е ВО ТЕК НА МЕСЕЦ ФЕВРУАРИ 2017)

l 14 февруари 2017 година (вторник) l 09:00-16:00 часот Институт Концепт, Скопје Новата програма за апликација за финасиски средства од ИПАРД 2 има посебни можности за развој и започнување на различни дејности во Р. Македонија. На овој семинар ќе имате можност да се информирате за равој на бизнис идејата во проект, да стекнете вештини за подготовка и менаџирање со проект финасиран од ИПА, ќе добиете знаење за ефикасна подготовка на документација потребна за одобрување на ИПАРД проектите.

ЗА КОГО Е НАМЕНEТ ОВОЈ СЕМИНАР: l овој семинар е наменет за сите

заинтересирани физички и правни лица кои сакаат да се запознаат со програмата ИПАРД 2, кои имаат идеја и планираат да започнат бизнис, но немаат информации или пристап до финасии

l за овој семинар не се потребни претходни

ПРЕДАВАЧ:

ИНЖ. MАРИЈА ВАСКОВА сертифициран тренер за ИПАРД

Фондови, акредитиран советник за специјалистички совети при АППРМ – Министерство за економија и сопственик на консултанска фирма за финансико - правен консалтинг.

вештини во пишување на проекти

l за правни лица препорачливо е да бидат

присутни менаџери или нивни заменици кои би го раководеле процесот на аплицирање

За повеќе информации посетете ја нашата веб страна: www.koncept.com.mk

КОНТАКТ: м-р Ленче Зикова и м-р Бојана Делидинкова le-mail: institut@koncept.com.mk l02 3128 526 l070 272 207

НА

ИЧ

9 7.9

Н АЗ ПР

н

НА ЦЕ

9де

жи ва 6 ата .201 7 нуд 12 01 по 01. 1.2 од 31.0 до

ЛАСЕРСКА ЕПИЛАЦИЈА НА ЦЕЛИ НОЗЕ

Скопје +389 2 / 321 66 08 www.ancevski.com.mk ancevski@laserlab.com.mk facebook.com / Ординација Д-р Анчевски

Сакајте ја Вашата к жа


www.kapital.mk

Капитал број 901 03.02.2017

44

МЕНАЏМЕНТ Без оглед на големината на вашиот бизнис - било да станува збор за мал стратап или глобална корпорација, треба да следите и да размислувате за тоа како најуспешните компании ги спроведуваат своите маркетиншки стратегии и какви алатки употребуваат за да допрат до што поширока публика.

МАРКЕТИНГ ТАЈНИТЕ НА УСПЕШНИТЕ КОМПАНИИ

Б

ез оглед на големината на вашиот бизнис - било да станува збор за мал стратап или глобална корпорација, треба да следите и да размислувате за тоа како најуспешните компании ги спроведуваат своите маркетиншки стратегии и какви алатки употребуваат за да допрат до што поширока публика. За пример може да се земат две успешни технолошки комапнии Moz и Apple, кои на различен начин ги спроведуваат стратегиите за успех во бизнисот

Добро разгледајте ги стратегиите

Moz е компанија од Сиетл која се занимава со развој на софтвер, а специјалност им се програми за маркетинг и аналитичка обработка на податоци. Moz е основана во 2004 година од страна на

Ранд Фишкин и неговата мајка. Од почетокот биле фирма за консалтинг и деловно советување, а кон развој на софтвер се насочиле во 2008 година. Денес Moz е водечка компанија за Inbound маркетинг сили суптилен интернет маркетинг, а нивниот раст најмногу е поттикнат токму со одличните маркетиншки тактики. Фишкин неодамна објасни како Moz успеал тројно да ги зголеми приходите за 12 месеци. Ја оптимизирале почетната веб страница и почнале поефикасно да го користат имеил маркетингот. Мoz тоа го остварил набљудувајќи повеќе групи на кориснии, моментални клиенти, поранешни клиенти и оние кои никогаш не ги пробале нивните услуги. Најмногу ги интересирало зошто овие последниве никогаш не стигнале до нивните услуги. Значи, покажале дека е важно да се разграничи што го одредува успехот, а

што неуспехот. Преку детален и педантен пристап дознале во кои области можат да напредуваат. Промените биле мали, но донеле голем напредок. Од Moz може да се научи следното: ако една од вашите стратегии не пали, тоа не значи дека треба целосно да ги отфрлите. Подобро би требало да ја усовршите идејата и да пронајдете начин да ја направите поефикасна. Еден од успешните производи на Mozz е и серијата Whiteboard Friday, каде Фишкин со повремени гости го објаснува концептот на интернет маркетинг, која има милиони гледачи неделно. Меѓутоа, Whiteboard Friday не била успешна серија од самиот почеток. Фишкин дури нагласува дека била една од помалку успешните содржини кога почнала да се емитува во 2007 година. Но, со анализа на работите кои биле и кои не биле добри, Moz ја претворил во успех.



www.kapital.mk

Капитал број 901 03.02.2017

46

МЕНАЏМЕНТ

Според Фишкин, процесот не бил брз и морал да остане отворен за нови идеи, промени, и по потреба инвестиции. “После неколку години учење, сфативме што пали, а што не, па инајмивме подобро студио, набавивме подобра камера и опрема и попаметно ја пласиравме серијата”, вели Фишкин. Ако сакате маркетингот да ви помогне во бизнисот, клучно е континуирано да работите и да издржите додека не ги искористите сите можни стратегии. Доколку брзо се откувате кога нешто не пали, тогаш си го осигурувате сопствениот неуспех”, смета Фишкин, според кој ова е ужасен став бидејќи секогаш ќе бидете победени од конкурентите кои вложуваат во нови технологии и кои се свесни дека за такви работи е потребно време. “Маркетингот не е класично огласување кај кое вложувате неколку долари, и добивате неколку долари назад и со таргетирање на публиката го зголемувате повратот на инвестицијата. Содржајните и оригинални програми зависат од тоа колку труд е

вложено во нив, зависат од креативноста и истрајноста без оглед на пречките со кои се соочувате”, смета Фишкин. Ова е само уште еден одличем потсетник дека ако нешто не пали одма, тоа не значи дека целата стратегија не чини и дека треба веднаш да се отфрли. Ако не вложите труд и време, конкуренцијата ќе биде во предност.

Тајнат на Apple

Дури и масивните корпорации како Apple постојано пронаоѓаат начини поефикасно да се промовираат, со цел да привлечат што поширок таргет на публика и потрошувачи. Кога Тим Кук го замени Сив Џобс на местото претседател на Управата на Apple во 2011 година, компанијата продолжи со растот и покрај загубата на својата икона и препознатливо лице. Тој раст може да се препишат и во разликите во менаџирањето и филозофијата на управување со бизнис процесите помеѓу Тим Кук и Стив Џобс. Под водство на Кук, Apple се фокусираше на клиентите и ги промени своите бизнис идеали и стратегија. Најголемата модификација

беше во пристапот на компанијата кон сопствените акции. Се почна во 2012 година кога на инвеститорите им беше исплатена дивиденда за првпат од 1995 година, а потоа продолжија во ист тон. Во 2014 година одлучија својот удел да го распределат во однос 7 спрема 1, и така им олеснија на многу поширок круг на луѓе да вложуваат во акции на Apple. Овие потези ги уверија луѓето дека на Apple навистина се грижи за своите клиенти и дека сака со нив и да соработува. Тоа беше голема промена, бидејќи под водство на Стив Џобс, Apple делуваше недостижен за мнозинството. Иако вашата компанија можеби не мора да го промени шефот на управата, сепак може да се научи нешто од развојот на Apple. Треба да се има волја за промени и за прилагодување на промените, а по потреба и за менување. Една од најважните работи е да се одржат свежите идеи во компанијата и да се биде отворен за разни идеи и можности. Иако визијата за Џобс беше клучна за културолошкиот успех на Apple, неговата строга контрола врз компанијата им затворила многу можности и одбила некои поетнцијални клиенти. Со преземањето на имиџот и брендот кои ги воспостави Стив Џобс, и со подесување на одредени аспекти, посебно со поотворениот и попријателски пристап под водство на Тим Кук, Apple го продолжи својот раст. Секој бизнис мора да согледува и да зема во обзир различни идеи и ставов и да пронајде начин како да се приближи до пошироката публика. nnn


РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ: 16 ФЕВРУАРИ 2017

ИНСТИТУ КОНЦЕПТ ОРГАНИЗИРА:

КЛУЧНИ ЗНАЕЊА И ВЕШТИНИ ЗА ЕФЕКТИВЕН ДЕЛОВЕН АСИСТЕНТ МОДУЛ ЗА ДЕЛОВЕН АСИСТЕНТ

(МОДУЛОТ ЗА ДЕЛОВЕН АСИСТЕНТ Е ВО ВРЕМЕТРАЕЊЕ ОД 4 СРЕДБИ: 21, 28 ФЕВРУАРИ И 7, 14 МАРТ 2017 ГОДИНА) l 21 февруари-14 март 2017 година l 10:00-15:00 часот Институт Концепт, Скопје Поради важноста која ја има деловниот асистент за работењето на едно претпријатие, без разлика на неговата големина, Институт КОНЦЕПТ креираше модул за деловен асистент. За време на часовите ќе се запознаете со неколку сегменти односно: финансии, обврски од област на човечки ресурси, општи и правни работи, канцелариско и архивско работење, како и деловна етика и организација на работното место. ОВАА ОБУКА ЌЕ БИДЕ КОРИСНА ЗА ДОБИВАЊЕ НА: l Eден поинаков начин за обука на деловните асистенти l Повеќе практично работење низ обуката

l Индивидуално практицирање за време на самото предавање l Понесете го знаењето на предавачот со себе и по завршувањето

на обуката

Обуката е наменета за почетници во административната работа, студенти, вработени лица на позиција деловен асистент, администратор, офис менаџер, секретар/ка, како и лица кои имаат допирна точка со административното работење, активно го практикуваат на базична основа и сакаат ВИСТИНСКИ ДА ГО НАУЧАТ! Обуката ја изведуваат искусни предавачи и експерти од областите кои ќе бидат покриени. За повеќе информации посетете ја нашата веб страна: www.koncept.com.mk

КОНТАКТ: м-р Ленче Зикова и м-р Ирена Богоевска l e-mail: institut@koncept.com.mk l 02 3128 526 l 070 272 207


www.kapital.mk

Капитал број 901 03.02.2017

48

МЕНАЏМЕНТ

СЕКОЈ ЛИДЕР ТРЕБА ДА БИДЕ ПРОДАВАЧ Без разлика дали е шеф на човечки ресурси, ИТ или финансии, секој член во менаџмент тимот мора да знае да продава

В

Во јавноста обично преовладува мислењето дека луѓето од продажба се посебна сорта на луѓе, кои обични се премногу екстровертни, со голема самодоверба и дарба убаво да зборуваат и убедуваат. Во реалноста, интровертните луѓе можат да бидат подобри во продажба и посветеноста е всушност најдобра карактеристика според која може да се предвиди успех, без разлика за која бизнис функција станува збор. Без оглед на се, кога станува збор за проширување на целите на една компанија секој лидер мора да има способност да ја продаде својата визија, без оглед дали тој е на чело на секторот за човечки ресурси, одделот за информатичка технологија или финансии. Сите лидери и раководители во една компанија мора да имаат способност и вештина да продаваат. Еве четири причини зошто е тоа така:

1

Лидерите кои умеат да продаваат се здобиваат со кредибилитет Можете да го познавате секој детал од вашата работа и целата сложеност која таа ја вклучува, но ако не можете за неа да зборувате на јазикот на вашите колеги, подредени или партнери, ќе биде многу потешко да ја здобиете нивната доверба. НАјдобрите продавачи се оние луѓе кои знаат да градат врск и и затоа секој лидер мора да ја вежба таа вештина. Врската е таа каде што се случува влијанието. Лидерите кои умеат да продаваат ја движат работата побрзо Добриот лидер ги мотивира луѓето да го дадат најдоброто од себе, да ги прифатат промените и да се подобруваат. За тоа да се случи, луѓето кои се на врвот мора да имаат моќ на убедување, што е уште еден важен сегмен опри продажбата. Мора да умеете да ја раскажете приказната, без оглед дали сте финансиски диркетор или шеф на одделот за информатичка технологија. Ако го немате тој момент и ако не ја кажете вистинската приказна со која луѓето ќе можат да разберат зошто тие мора да ги направат работите на одреден начин, тие ќе имаат отпор кон промените и работата ќе оди побавно.

2

3

Лидерите кои умеат да продаваат создаваат поголема додадена вредност Секој лидер мора да умее да излезе надвор и да го прошири зборот за тоа што ја прави компанијата добра. Можеби продажбата не е стриктно прошишана во обврските на еден финансиски директор, оваа вештина секако ќе помогне компанијата да го прошири својот таргет. Ако можете да бидете личноста која ќе отиде на некој настан, конференција, вечера и да самоуверено да зборувате за бизнисот на компанијата пошироко од вашите работни обврски, тоа додава вредност на компанијата. Лидерите кои умеат да продаваат ги привлекуваат најдобрите таленти Ако лидерот не умее да ја продаде визијата на компанијата на кандидатот за работа, малку е веројатно дека тој ќе биде возбуден и ќе сака да и се придружи на компанијата. Секоја лидер мора да биде способен да ја продаде компанијата и нејзините можности за напредок на телентираните кандидати за работа. Ако лидерите не умеат да ја продадат големата слика на вашата компанија, пропуштате многу таленти кои едноставно не можат да бидат привлечени од луѓе кои не умеат да продаваат. nnn

4


They say diamonds are forever… and so is an MBA!

Enjoy the most Valuable classroom experience – real life Harvard Business School case studies, business simulations and participant centered learning that enhance your strategic decisionmaking skills and critical thinking

a Rare opportunity to learn alongside esteemed professionals in order to build an extensive and exclusive network of useful contacts which could lead to new business opportunities The most Desirable and sought after degree in the world by employers, entrepreneurs and future leaders

World-class curriculum that applies a global outlook on current issues, taught by international faculty from top –tier schools with a rich portfolio of expertise

A brilliant cut to fit your demanding work schedule and maintain your work – life balance, giving you more flexibility to acquire the skills and experiences to fulfil your career objectives

Access to the Highest Quality internationally accredited degree by the Accreditation Council for Business Schools and Programs (USA) created as a combination of European and American educational standards

So don't lose a diamond, while chasing glitter! Enroll at the UACS MBA program! За повеќе информации: Бул. Трета македонска бригада бр. 60, 1000 Скопје Телефон: + 389 (0) 2 2463 156; 2463 159 Е-пошта: graduate@uacs.edu.mk

www.uacs.edu.mk

UACS SKOPJE

UACSKOPJE

YOUTUBE.COM/USER/UACSKOPJE

UACSKOPJE


www.kapital.mk

Капитал број 901 03.02.2017

50

ЛИДЕРИ

РИД ХОФМАН КО - ОСНОВАЧ НА LINKEDIN

ДОБРИТЕ ПРИЛИКИ РЕЧИСИ НИКОГАШ НЕ СЕ ВКЛОПУВААТ ВО ВАШАТА АГЕНДА

Р

Рид Герет Хофман е американски интернет претприемач, венчр капиталист и автор. Еден е од основачите и први директори во PayPal, електронскиот сервис за плаќање и трансфер на пари, а потоа и на LinkedIn, најдобрата онлајн мрежа за поврзување на професионалци денес.

Најбрзиот начин да се промените себеси е да се дружите со луѓе што веќе се такви какви што вие сакате да бидете.

Претприемач е некој што ќе скокне во провалија и ќе состави авион додека паѓа надолу.

Оној што е пасиониран за својата работа ќе биде поуспешен од некој мотивиран само од парите.

Подобро е да почнете бизнис во време на криза, одошто кога економијата цвета: полесно ќе најдете вработени, партнери, а конкуренцијата ќе ви дојде подоцна.

Добрите прилики речиси никогаш не се вклопуваат во вашата агенда.

Иронично, во свет што толку брзо се менува, да играте на сигурно е една од најризичните работи за вас.

Уделите во овие компании по нивните продажби или берзански котации му овозможија големо лично богатство, што според Forbes се проценува на околу 2,5 милијарди долари. Добар дел од своите пари тој ги има инвестирано во бројни стартапи, меѓу кои најпознатите се AirBn, Flickr и др. Запомнете, ако вие не го најдете ризикот, тој ќе ве најде вас.

Лесно е да сте постојано контраш. Тешко е да сте контраш и да сте во право.




Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.