902 kapital magazin

Page 1

ПOСТОЈАТ САМО ЗА ДА ДЕЛАТ ПЛАТА НА ТОВАР НА БУЏЕТОТ ЕДЕН КУП КОМИСИИ И ДИРЕКЦИИ

БАЛКАН РОМАНЦИТЕ ГО ПОЛОЖИЈА ИСПИТОТ ЗА ДЕМОКРАТСКА ЗРЕЛОСТ

Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

СВЕТ КОРПОРАТИВНА АМЕРИКА НА ЛИНИЈА НА ОГНОТ

WWW.KAPITAL.MK

ПЕНЗИСКИОТ СИСТЕМ ЗРЕЛ ЗА НОВА РЕФОРМА

4

РЕШЕНИЈА ЗА СПАС НА ПЕНЗИСКИОТ СИСТЕМ

KNOW HOW ОД ПРВА РАКА ИЗВОЗНИТЕ СТРАТЕГИИ НА МАКЕДОНСКИТЕ КОМПАНИИ БРОЈ 902 | ЦЕНА 100 ДЕН. 10 ФЕВРУАРИ 2017 | ПЕТОК | ГОДИНА 18

ДО 2050: КИНА НАЈГОЛЕМА СВЕТСКА ЕКОНОМИЈА – САД ТРЕТА, ПОСЛЕ ИНДИЈА



3

Капитал број 902 10.02.2017

СОДРЖИНА

24 04

PROFILE

06

НАВИГАТОР

08 16

КОЈ Е СТИВ БЕНОН главниот стратег на Трамп? Бизнисмените бараат Грција итно да ги прекине блокадите на граничниот премин

COVER STORY

Пензискиот систем зрел за нова реформа 4 решенија за спас на пензискиот систем

ЛУЃЕ И КОМПАНИИ

Know-how од прва рака Како да продадете ајвар во Лондон и други извозни приказни

42

36 24 30 36

КАПИТАЛ АНАЛИЗА

Пoстојат само за да делат плата Над 70% од буџетите на државните комисии и дирекции се трошат за плати

ПОЛИТИКА

Брисел со нетрпение очекува да се формира новата влада За ВМРО-ДПМНЕ излез се нови избори, а се надева на влез во широка коалиција

БАЛКАН БИЗНИС

Владата ја повлече спорната уредба – народот остана на улиците Романците го положија испитот за демократска зрелост

ЧАРЕ ЗА ПЕНЗИСКОТО

МАЛИ ТАЈНИ ЗА ИЗВОЗОТ

Зголемување на законската возраст за пензионирање со оглед на големиот јаз во однос на просекот во ЕУ; ревидирање на индексацијата според трошоците на живот во согласност со многуте земји во ЕУ, а не согласно порастот на платите; спроведување реформи за зголемување на учеството на работната сила, особено на жените (кое е едно од најниските во Европа), и разгледување на можно зголемување на стапките на придонеси, доколку одржливоста не е обезбедена преку други мерки – ова се четири препораки од ММФ откако се вклучи алармот дека “дефицитот во Фондот за ПИОМ е прилично голем со тенденција да расте“.

Македонскиот извоз статистички расте секоја година, “бустиран“ од странските инвестиции во слободните економски зони. Лани пораснал за 6,9% на 4,3 милијарди евра. Нема да се занимаваме со тоа како странските корпорации, обилно субвенционирани од Владата, ги извезуваат производите од своите фабрики во земјава, главно пратени на натамошна доработка или вградување во некој автомобил и сл. Ние им одвоивме простор домашните компании, локалните бизнис херои кои што како “грешни ѓаволи“ се мачат да направат бренд од својот производ и потоа да го продадат надвор. Ги слушнавме нивните извозни стратегии.

XX Стр. 8

XX Стр. 16

42

СВЕТ БИЗНИС

47

БИЗНИС ТРЕНДОВИ

48 50

STARTUP

Војната помеѓу критичарите и подржувачите на Трамп се префрла во бизнисот Прогнози на PwC за глобалниот развој на економијата до 2050 година Дали е тоа пар споен на “небото“?

ЛИДЕРИ

ПЈЕР ОМИДИЈАР основачот на eBay

Ако им дадете на луѓето прилика да ја направат вистинската работа, ретко ќе бидете разочарани

ДИРЕКЦИЈА ЗА ЗЕМАЊЕ ПЛАТА И ТЕКОВНИ ТРОШОЦИ Шест дирекции и девет државни агенции годинава од буџетот ќе потрошат над 35 милиони евра. Она што паѓа во очи е што најголем дел од буџетите на овие државни дирекции и комисии или 70% до 90% ќе одат за плати и надоместоци на вработените, а втората по големина ставка се трошоците за одржување на нивните канцеларии, за греење и разна опрема. Нивните буџети и бројот на вработени постојано растат. Анализираме дали воопшто има потреба и економска оправданост овие комисии и дирекции да постојат како самостојни државни органи со својство на правни лица или, пак, тие треба да функционираат во некои од постојните министерства. XX Стр. 24

Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје l Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31 l П. ФАХ 503, 1000 Скопје l Директор и одговорен уредник: Љупчо Зиков l Печати: Графички центар Скопје, ул. Скупи бб, 1000 Скопје l Тираж: 3.000 примероци l Датум на печатење: 09.02.2017


Капитал број 902 10.02.2017

www.kapital.mk

PROFILE 4

НАЈМОЌНИОТ ЧОВЕК ОД СЕНКАТА НА БЕЛАТА КУЌА

КОЈ Е СТИВ БЕНОН ГЛАВНИОТ СТРАТЕГ НА ТРАМП?

Светските медиуми се прашуваат колкава е реалната власт од сенка на Стив Бенон, „главниот стратег“ на Трамп, кој во скеч во шоуто Saturday Night Live беше претставен во улога на Смртта што го провоцира претседателот кон штетни и опасни дејства

БЕНОН: ЛЕНИН САКАШЕ ДА ЈА УНИШТИ ДРЖАВАТА, А ТОА Е И МОЈАТА ЦЕЛ


www.kapital.mk

Капитал број 902 10.02.2017

PROFILE

K

Кој е Стивен Бенон, мистериозниот лик зад американскиот претседател Доналд Трамп, кој е постојан член на Советот за национална безбедност и поранешен претседател на крајнодесниот сајт Брајтбарт (Breitbart)? Бенон ја презема изборната кампања на Трамп во август 2016 година, а по влегувањето на републиканскиот кандидат во Белата куќа се издигна до позицијата „главен стратег“ – улога поврзана директно со претседателот. Тој избегнува медиумско експонирање, но неговите расистички и ксенофобични гледишта се препознаваат во некои од последните наредби на Трамп. Светските медиуми се прашуваат колкава е реалната власт од сенка на Бенон, а во скеч во шоуто Saturday Night Live тој беше претставен во улога на Смртта што го провоцира претседателот кон штетни и опасни дејства. Неговото назначување не ги израдува републиканците кои припаѓаат на елитата на партијата, а кои претходно често беа предмет на напади од сајтот Брајтбарт, што е еден од најчитаните конзервативни медиуми во САД.

Три дена по стапувањето на должност на Трамп како претседател на САД, Бенон изјави: „Медиумите треба да бидат ставени во тесно, да бидат понижени, да си ја затворат устата и да слушаат ... Сакам да го цитирате ова што го велам. Медиумите овде се опозициската партија“

Животот на Бенон

Стив Бенон е роден во Вирџинија во 1953 година, а поминал четири години во морнарицата на САД, пред да магистрира бизнис администрација на Харвард, пишува BBC. Потоа се занимавал со инвестициско банкарство; подоцна преминал на финансирање на медиуми – во овој период успеал да го поправи буџетот на комичното шоу Seinfeld. Следат неговите ангажмани во Холивуд, по што почнал да создава политички документарни филмови во чест на претседателот Роналд Реган, на Сара Пелин и на движењето Tea Party. Во овој период Бенон се запознал со Ендрју Брајтбарт, конзервативниот издавач кој сакал да создаде сајт што ќе биде противтежа на водечките либерални медиуми. Во текот на 2007 година двајцата почнале да работат на Брајтбарт њуз, а по смртта на Ендрју во 2012 година, сајтот останал во рацете на Бенон. „Се нарекуваме „Боречки клуб““, изјави тој во интервју за Вашингтон пост во јануари 2016 година. Се сметаме за опасни противници на врхушката, особено на етаблираната, закоравена политичка класа. Тврдиме дека Пол Рајан (претседателот на Претставнички дом на САД) е одгледан во епрувета во The Heritage Foundation. Меѓу насловите на Брајтбарт се: „Што претпочитате да има вашето дете: феминизам или рак“ и „Средствата за контрацепција ги прават жените грди и луди“. Поранешниот уредник на Брајтбарт, Бен Шапиро, кој работел и со двајцата основачи, го обвини Бенон дека го претворил сајтот во „весникот „Правда“ за Трамп“. „Стив Бенон е хулиган и ја продаде мисијата на Ендрју поддржувајќи друг хулиган – Доналд Трамп; тој ја претвори компанијата во личната „Правда“ на Трамп. Фактите се неоспорни: Брајтбарт њуз се претвори во спротивност од тоа што Ендрју го сакаше“, напиша Шапиро. „Бенон е полукава верзија на Трамп –

5

агресивен фалбаџија, кој се фали со своите познанства, за да изгледа дека припаѓа на повисокото општество и да ги привлекува неговите припадници, а потоа да ги искористи за скалила кон следната дестинација“, дополнува овој поранешен уредник на Брајтбарт.

Ленинист ли е Стивен Бенон

Пред пет години Бенон со гордост изјавил во разговор со почитуван њујоршки историчар од институтот Хадсон, дека е „ленининст“. На прашањето на Роналд Радош: „Што, за Бога, сакате да кажете со тоа?“, Бенон одговорил: „Ленин сакаше да ја уништи државата, а тоа е и мојата цел. Сакам да урнам сè – целиот денешен систем“. Спомените на Радош беа објавени од електронското издание на The Daily Beast. На прашањето на историчарот дали Бенон сака да ја дообјасни или да ја коригира својата позиција, сегашниот стратег на Трамп одговорил по и-меил: „Не се сеќавам дека сум Ве сретнал и не помнам таков разговор. Како што знаете, не давам јавни изјави“.

Медиумите се непријатели – фактите се алтернативни

Според авторот од Guardian, Виктор Себестин, целата многу невообичаена кампања на Трамп и првите две седмици на новата американска администрација покажуваат дека Бенон располага со цел арсенал од ленинистички политички тактики, што изгледаат како ископирани од упатството на болшевичкиот лидер. Себестин како пример го наведува односот на новата власт во Белата куќа кон медиумите. Само два дена откако ја презеде власта во Русија пред 100 години, Ленин почна напад против печатот, и неговите следбеници во СССР ја продолжија таа линија цели 70 години.

Три дена по стапувањето на должност на Доналд Трамп како претседател на САД, Бенон го изјави следново за Њујорк тајмс: „Медиумите треба да бидат ставени во тесно, да бидат понижени, да си ја затворат устата и да слушаат ... Сакам да го цитирате ова што го велам. Медиумите овде се опозициската партија“. А „алтернативните факти“ за кои зборува другата советничка на Трамп, Келијан Конвеј, не се нешто многу различно од „објективната вистина, големата вистина“ на која инсистираше Ленин да ја испорачаат државните советски весници, забележува Себестин. Никој, се разбира, не треба директно да ги изедначува освојувањето на власта од страна на Ленин со воен преврат во 1917 година, и популистичкото бунтовничко движење што ги освои САД и други западни држави преку демократски протест, забележува Guardian. А и лагите што комунистите ги ширеа децении по ред се различни од оние на Бенон. „Многу од политичкиот стил и стратегијата на Ленин може да биде адаптирана кон сегашните услови. Тој сметал на постојани конфликти и драми. Свесно користел тактика на шок. Ленин се наметнувал над своите опоненти со промислена употреба на јазикот на насилството, и не зашто бил лош човек, туку зашто за него тоа било технички пресметан начин за да предизвика омраза, одвратност, презир. Немал за цел да го убеди, да ги поправа грешките на својот опонент, а да го уништи, него и неговата организација да ги збрише од лицето на земјата“, посочува авторот од Guardian. „А токму таков е исполнетиот со омраза јазик на „алтернативната десна“ политика, јасно ленинистичка по тонот, на Брајтбарт“, заклучува Себестин. nnn


www.kapital.mk

Капитал број 902 10.02.2017

6

НАВИГАТОР ИЗЈАВА НА НЕДЕЛАТА ИЗВОЗОТ ЛАНИ ПОРАСНАЛ 6,8%

> БРОЈКА

2,557

милијарди евра изнесуваат девизните резерви заклучно со крајот на јануари годинава и се намалени за 56,3 милиони евра за еден месец, објави Народната банка

ФАТМИР БЕТИЌИ

извршен директор на Стопанската комора на северозападна Македонија

Нови избори би биле голем удар за стопанството. Во таков случај ќе продолжиме со стагнација, дури и регрес на планираниот економски раст.

В

купната вредност на извезените производи од Македонија минатата година изнесува 4,33 милијарди евра и е зголемен за 6,8% во споредба со 2015 година, покажуваат последните податоци на Државниот завод за статистика. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари - декември 2016 година, изнесува 6,11 милијарди евра што е за 5,7% повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит минатата година изнесува 1,78 милијарди евра, а покриеноста на увозот со извоз, изнесува 70,9%. Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите

БИЗНИСМЕНИТЕ БАРААТ ГРЦ ПРЕКИНЕ БЛОКАДИТЕ НА ГР

П

Претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески упати ургентни дописи до претседателот на Унијата на грчките трговско-индустриски комори Константин Михалос и до амбасадорот и шеф на Канцеларијата за врски на Република Грција во Македонија Димитриос Јанакакис, со барање за нивно соодветно вклучување за нормализирање на нарушените сообраќајни комуникации поради блокадите на грчките земјоделци на граничниот премин Евзони. Како што соопшти Стопанската комора, барњето на Азески е во насока на што поитно изнаоѓање решение за надминување на состојбите. “Сугурен сум ќе се согласите дека ваквите состојби негативно се одразуваат врз економскофинансиското работење на компаниите од двете земји и ако не се најдат соодветни и навремени решенија, може да предизвикаат дологорчни негативни последици врз нашите национални економии”, наведува Азески во дописот до Михалос. Имајќи предвид дека е неизвесно до кога ќе трае блокадата, а неисклуќувајќи ја и можноста

ситуацијата да ескалира и кон другите гранични премини меѓу двете земји, Стопанската комора на Македонија апелира, додава Азески, за интензивирање на контактите со надлежните органи, институции и влијателни фактори на внатрешен и меѓународен план во барањето помош за нормализирање на состојбите и споздавање услови за непречени деловни комуникации. “Во интерес на бизнис заедниците верувам безрезервно ќе се вклучите во активностите за надминување на настанатата ситуација со цел деловните релации да добијат нормален тек од кој бенефитот ќе го почувствуваат не само директно засегнатите стопанственици, туку и економиите во целина”, потенцира

Азески. Во дописот до Јанакакис, претседателот на Комората предупредува дека блокадите нема да се одразат само врз меѓусебната соработка, туку ќе имаат поширока меѓународна димензија за двете земји. “Свесни дека настанатата ситуација не може лесно да се контролира и да се предвиди колку ќе трае, Стопанската комора оцени за потребно директно да се обрати до надлежните домашни и меѓународни органи со цел да ги исцрпи сите можности и ресурси за да помогне за нормализирање на нарушените меѓународни бизнис комуникации предизвикани од блокадите, истакнува Азески. Министерот за економија на Македонија


www.kapital.mk

Капитал број 902 10.02.2017

7 на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на спроводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, фероникелот и облеката. Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав и електричната енергија. Податоците за трговската размена за 2016 година покажаа дека според вкупниот обем, Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Италија.

мисла на неделата Војната почнува кога престанува трговијата.

Џек Ма

основач на Alibaba

ЦИЈА ИТНО ДА ГИ РАНИЧНИОТ ПРЕМИН Претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески упати ургентни дописи во кои бара итно наоѓање решенија за одблокирање на граничниот премин кон Грција, која веќе создава големи трошоци и проблеми на македонските извозници и увозници, а Министерството за економија веќе подготвува план како државата да се справи со нафтена криза која и се се заканува Дритон Кучи пак смета дека блокадата е внатрешен проблем на Грција, за кој се надева дека што поскоро ќе се реши. “Сакам да се надмине проблемот, бидејќи ја загрозува економската ситуација во земјава. Имаме комуникација со грчките органи, но сепак станува збор за интерен проблем, потенцира Кучи. За тврдењето на ОКТА дека е можна нафтена криза во земјава доколку наскоро не поминат цистерните со нафта од Грција во Македонија, министерот Кучи рече дека ќе спречат било каква криза. “Секако ќе спречиме да дојде до било каква криза. Oд Секторoт за енергетика ми укажаа дека веќе треба да се справиме со можната нафтена криза и затоа од денеска ќе ги интензивираме состаноците за надминување на проблемот”, рече Кучи. Во меѓувреме грчките земјоделци продолжуваат со блокадата на граничниот премин Евзони, а повремено ја затвораат и железничката пруга од Грција кон Македонија, што го усложнува не само патниот, туку и железничкиот транспорт на стоките од и кон Солунското пристаниште. Земјоделците се закануваат со интензивирање и проширување на штрајкот ако нивните барања за средба со премиерот Алексис Ципрас не се

остварат. Пред неколку дена апел да се стави крај на блокадата на границата со Македонија упатија од солунското пристаниште од каде изјавија дека пристаништето е веќе преполно поради блокадата на границата и дека стравуваат дека ако наскоро не престане блокадата, ќе мораат товарните бродови да ги пренасочат кон другите пристаништа во регионот. Тоа дополнително ќе ги зголеми трошоците на македонските извозници и увозници. Директорот на солунското пристаниште, Константинос Мелиос, во изјава за солунскиот портал „Вориа“, коментира дека до утре ако не се отвори границата на пристаништето, ќе се соберат повеќе од 120.000 тони сурови материјали како никел, јаглен, метал и сол, кои треба да се пренесат во Македонија. „Бараме од земјоделците да го разберат проблемот што се создава и да одберат друг начин за интензивирање на протестите, а не блокада на националните автопатишта“, изјави Мелиос, додавајќи дека ако продолжи ваквата ситуација, ќе мора товарните бродови да одат кон конкурентните пристаништа на Балканот, што ќе создаде нов удар за имиџот на солунското пристаниште. nnn

> БРОЈКА

9,6%

е стапката на невработеност во еврозоната, најниска од 2009 година

лидери

СУНДАР ПИЧАИ

Google се врати на првото место на листата највредни брендови во светот со вредност од 109 милијарди долари

ЖАН ЛОРЕН БОНАФЕ

BNP Paribas објави повеќе од двојно зголемена нето добивка во четвртиот квартал – до 1,44 милијарди евра од 665 милиони

не им беше неделата

СОРИН ГРИНДЕАНУ

зашто се обиде да ги спаси колегите корумпирани политичари, сега тешко ќе ја спаси својата Влада

НИКОЛА САРКОЗИ

судија во Франција издаде наредба да му се суди за нелегално финансирање изборна кампања


8 COVER STORY: ПЕНЗИСКИОТ СИ www.kapital.mk

Капитал број 902 10.02.2017

COVER STORY

4

РЕШЕНИЈ ЗА СПАС ПЕНЗИСК СИСТЕМ Зголемување на законската возраст за пензионирање со оглед на големиот јаз во однос на просекот во ЕУ; ревидирање на индексацијата според трошоците на живот во согласност со многуте земји во ЕУ, а не согласно порастот на платите; спроведување реформи за зголемување на учеството на работната сила, особено на жените (кое е едно од најниските во Европа), и разгледување на можно зголемување на стапките на придонеси, доколку одржливоста не е обезбедена преку други мерки – ова се четири препораки од Меѓународниот монетарен фонд откако се вклучи алармот дека “дефицитот во Фондот за пензиско осигурување е прилично голем со тенденција да расте“. Домашните експерти исто така сугерираат дека пензискиот систем е зрел за нова реформа, особено откако стана јасно дека досегашните мерки, како намалувањето на стапката на придонес, воведувањето на задолжителните приватни пензиски фондови и постојаното зголемување на пензиите, уште повеќе ги продлабочија проблемите. Така годинава, за да се исплатат пензиите, власта од државниот буџет мора да обезбеди дури 54,3% од вкупната сумата од 832,7 милиони евра.


ИСТЕМ ЗРЕЛ ЗА НОВА РЕФОРМА9 www.kapital.mk

ЈА НА КИОТ

Капитал број 902 10.02.2017

ПРЕПОРАКИ НА ММФ: u

u

u

u

Зголемување на законската возраст за пензионирање Зголемување на пензиите согласно инфлацијата Реформи за поттикнување на вработеноста Зголемување на стапката на придонес


www.kapital.mk

Капитал број 902 10.02.2017

10

COVER STORY

ПЕНЗИСКИОТ ДЕФИЦИТ АЛАРМАНТНО РАСТЕ 432,6

43,5%

452,5

43,2%

385,9 343,0

ТРАНСФЕРИ ОД ДРЖАВНИОТ БУЏЕТ ДО ПИОМ (МИЛИОНИ ЕВРА)

33,9%

227,9 2009

255,3 231,3

41,3%

284,6 37,9%

УДЕЛ ВО ВКУПНИОТ БУЏЕТ НА ПИОМ

35,4%

Податоци од Буџетот на Министерството за финансии

2011

пишува:

П

41,8%

41,4%

33,5%

2010

364,6

Александар Јанев

aleksandar.janev@kapital.mk

Пензиската реформа е зрела за пензионирање но надлежните институции засега не излегуваат во јавноста со предлог решенија за проблемите коишто од година во година се продлабочуваат. Исплатата не пензиите се‘ повеќе зависи од парите од централниот буџет бидејќи приходите од придонесите во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ) се доволни само за помалку од половина од потребната сума.

2012

2013

2014

2015

Пресметките покажуваат дека годинава, за исплата на пензиите на вкупно 312.857 пензионери, потребни се 832,7 милиони евра. Од нив, дури 452,5 милиони евра, односно 54,3% ќе дојдат како трансфер од државниот буџет и оваа сума е за 20 милиони евра повеќе отколку лани, што покажува дека дефицитот во пензискиот фонд, односно разликата меѓу трошоците за пензии и приходите од придонесите се зголемува. Зависноста на државниот пензиски фонд од централниот буџет се зголемува паралелно со порастот на бројот на пензионери но и зголемувањето на пензиите. Овој загрижувачки тренд повторно го отвори прашањето за одржливоста на пензискиот систем вака како што е поставен. Експертите коментираат дека штом трансферите од државниот буџет до Фондот постојано се зголемуваат и веќе надминуваат 50% од трошоците за пензии, ќе мора да се применат непопуларни решенија како на пример, зголемување на стапката на придонес. „Нормално дека на ваквата одлука би

2016

2017

се противел приватниот сектор, но тоа станува неизбежно решение“, велат експертите. Наспроти реформата, она што е алармантно е стеснувачкиот јаз меѓу оние што земаат пензија и оние што ја полнат фондовската каса. Според пресметките на ПИОМ, за пензијата на е 1 пензионер придонеси уплатуваат 1,8 осигуреници, сооднос што објективно треба да го вклучи алармот за долгорочна одржливост на фондот за редовна исплата на пензиите. Универзитетскиот професор Трајко Славески, вели дека едно од најитните решенија во насока на решавање на овој проблем е да се запре порастот на трансферите од централниот буџет до државниот пензиски фонд. „Очекувам институциите да излезат со оценка за ефектите од пензиската реформа, да направат издржана анализа и врз основа на тоа да се носат решенија. Една од мерките што би помогнала е усогласување на зголемувањето на пензиите со порастот на трошоците за живот, за да се зачува

МЕЃУНАРОДНИ ИНСТИТУЦИИ: КРИЗАТА ВО ПЕНЗИСКИОТ ФОНД Е ОДРАЗ НА


www.kapital.mk

Капитал број 902 10.02.2017

11 О

ТРАЈКО СЛАВЕСКИ универзитетски професор

чекувам институциите да излезат со оценка за ефектите од пензиската реформа, да направат издржана анализа и врз основа на тоа да се носат решенија. Една од мерките што би помогнала е усогласување на зголемувањето на пензиите со порастот на трошоците за живот, за да се зачува стандардот на пензионерите, а не со порастот на платите бидејќи тоа е вообичаена практика во другите земји. Дополнително проблематично е што невработеноста во земјава е висока, има голема неформална вработеност односно луѓе на кои што не им се плаќаат социјални придонеси, а и иселувањето на младите кои што би требало да придонесуваат во пензискиот фонд, исто така влијае на продлабочување на дефицитот.

стандардот на пензионерите, а не со порастот на платите и тоа е вообичаена практика во другите земји“, истакна Славески. Тој вели дека проблеми имало и во првите години од осамостојувањето и транзицијата кон пазарна економија, но тие се зголемиле со пензиската реформа – воведување на Втор столб, приватни пензиски фондови, кон кои се насочи една третина од стапката на придонес за осигурениците. „Македонија е една од најдарежливите земји во тој поглед, бидејќи никаде уделот од придонесите што се префрлаат во приватните фондови, не надминува од 10% до 15%“, вели Славески и додаде дека дополнително проблематично е што невработеноста во земјава е висока, има голема неформална вработеност односно луѓе на кои што не им се плаќаат социјални придонеси, а и иселувањето на младите кои што би требало да придонесуваат во пензискиот фонд, исто така влијае на продлабочување на дефицитот. Дел од земјите во Источна Европа кои што со пензиските реформи воведоа втор столб, наголемо дебатираат за иднината на приватните пензиски фондови, од предлози за нивна национализација, до намалување на уделот од придонесите што го добиваат, па до суспендирање на уплатата на придонеси во приватните пензиски фондови во период од неколку години и слично. Во Македонија има две приватни пензиски друштва во вториот задолжителен столб, КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд и НЛБ Пензиски фонд, кои што добиваат третина од приходите од пензиските придонеси. Според последните податоци на

С

ЗОРИЦА АПОСТОЛСКА поранешен директор на МАПАС

Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС), тие во 2016 година добиле вкупно 93,6 милиони евра од уплата на придонесите. Двете друштва, кумулативно располагаат со средства од 781,3 милиони евра. Реалниот принос што го оствариле од нивното основање до крајот на 2016 година се движи меѓу 3,4% и 3,6%. И поранешната директорка на МАПАС, Зорица Апостолска, посочува дека се потребни итни реформи за да не се доведе исплатата на пензиите и да се зајакне одржливоста на пензискиот фонд. Според неа, треба да се најде начин за зголемување на приходите во фондот поради тоа што дел од мерките во изминатите години влијаеја врз намалување на приходите. „Се намали стапката на придонес и тоа намалување на придонесот драстично влијаеше на намалувањето на приходите на државниот фонд, го доведе државниот пензиски фонд во една зависна состојба од Буџетот. Креаторите на политиките мора да размислуваат како да ги зголемат приходите во пензискиот фонд бидејќи ситуацијата е финансиски неодржлива. Како што прават повеќето земји во светот, ќе мора во период од неколку години да се зголемува стапката на пензиски придонес и да се поместува старосната граница на пензионирање за да може фондот финансиски малку да се растовари. Јасно е дека Фондот за ПИОМ е зрел за нова реформа“, изјави неодамна Апостолска.

Алармантни препораки од ММФ и Светска банка

Предупредувања дека “дефицитот во Фондот за пензиско осигурување е

е намали стапката на придонес и тоа намалување на придонесот драстично влијаеше на намалувањето на приходите на државниот фонд, го доведе државниот пензиски фонд во една зависна состојба од Буџетот. Креаторите на политиките мора да размислуваат како да ги зголемат приходите во пензискиот фонд бидејќи ситуацијата е финансиски неодржлива. Како што прават повеќето земји во светот, ќе мора во период од неколку години да се зголемува стапката на пензиски придонес и да се поместува старосната граница на пензионирање за да може фондот финансиски малку да се растовари. Јасно е дека Фондот за ПИОМ е зрел за нова реформа.

прилично голем со тенденција да расте“ доаѓаат и од меѓународните финансиски институции како Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). „Без реформи и со намалувањето на работоспособното население, пензискиот дефицит се проектира двојно повеќе да се зголеми до 2030 година“, предупреди ММФ. Во својата последна анализа за македонската економија, монетарците предупредија дека јавните финансии се соочуваат со долгорочните предизвици поради стареењето на населението. „На 4,5% од БДП, дефицитот на пензискиот фонд на Република Македонија е прилично голем. Ова е одраз на релативно големите поволности, ниските стапки на придонеси и ниското учество на работната сила“, пишува во извештајот на ММФ а потоа во продолжение ги охрабрува властите да ги разгледаат следните опции како средства за да се обезбеди долгорочна одржливост на пензискиот систем. „Зголемување на законската возраст за пензионирање со оглед на големиот јаз во однос на просекот во ЕУ; ревидирање на индексацијата според индексот на цените на трошоци на живот во согласност со многуте земји во ЕУ; спроведување реформи за зголемување на учеството на работната сила, особено на жените (кое е едно од најниските во Европа), и разгледување на можно зголемување на стапките на придонеси, доколку одржливоста не е обезбедена преку други мерки“, сугерира ММФ. Аналитичарите на Фондот заклучија дека стапката на невработеност значително опадна во последниве години и како придобивка од активните политики на пазарот на трудот и широко базираниот

А РЕЛАТИВНО ГОЛЕМИТЕ БЕНЕФИЦИИ И НИСКИТЕ СТАПКИ НА ПРИДОНЕСИ


www.kapital.mk

Капитал број 902 10.02.2017

12

COVER STORY

раст, вкупната стапка на невработеност се намали за 10 процентни поени од 2008 година наваму, но сепак, според нив, стапката на невработеност од 24% останува многу висока како одраз на недостатокот на вештини кои произлегуваат од емиграцијата на квалификувана работна сила и општо ниското ниво на образование. „Стапката на учество на работната сила сепак е намалена во последниве години, особено во поглед на младите работници. Со намалувањето на учеството на работната сила во растот и стареењето на населението, ниските стапки на учество се препрека за долгорочните перспективи. Понатамошните напори треба да бидат насочени кон подобрување на техничките вештини и зголемување на учеството на работната сила. Политиките за поддршка на обуки на работното место и стручното образование вродуваат со плод и треба да продолжат, но секако имајќи ги предвид и фискалните трошоци. Зголемувањето на учеството на работната сила, особено на младите како и на женската работна сила, ќе помогне за подобрување на потенцијалниот раст“, пишува во извештајот на ММФ. Светска банка, пак, посочи дека зголемувањето на вработеноста е главно резултат на субвенционираните работни места од страна на државата, и тоа создава сериозни проблеми во опстојувањето на пензискиот фонд, кој станува се повеќе зависен од парите што му ги префрла државата за да може да исплати пензии. „Може да се види дека практично 89% од ново креираните работни места се со фискален стимул. Со оглед на тоа што имате работни места што се креираат, каде што работодавецот е ослободен плаќање на социјални придонеси и слични давачки. Така што ова од друга страна создава притисоци на среден рок, пред се притисоци врз Фондот за ПИОМ. Во последните години тој дел што Фондот го добива од државата достигнува некаде околу 46%. Тоа е значителна зависност на пензискиот систем од трансфери од централниот буџет, што на среден и на долг рок секако создава притисоци врз овој систем со оглед на тоа што еден од неговите постулати е на генерациска солидарност. Така што не треба да се одзема од идните генерации за бенефит на сегашните,“ изјави неодамна Бојан Шимбов, економист на Светска банка. Загрижувачки е што оваа врска меѓу државниот буџет и пензискиот фонд со текот на годините станува поцврста и нераскинлива. Во 2009 година на пример, со трансфери од буџетот се покриваа 33,9% од трошоците на Фондот за пензиско осигурување.

Повеќе пензионери, помалку осигуреници

Е

ден од клучните фактори којшто има влијание врз одржливоста на државниот фонд е демографската структура на населението. Актуарските извештаи на Фондот за ПИОМ покажуваат дека долгорочно Македонија ќе биде земја на стара популација. Прогнозите се дека во следните години ќе се зголемува бројот на пензионери, но ќе се намалува бројот на осигуреници кои се важни за приходната страна на Фондот. Се очекува соодносот на населението над 65 години со работоспособното население (18-64 години) да порасне, од сегашните 19,45% на 49,74% во 2060-тата година и да опаѓа до 42,28% во 2080-тата година. Ова значи дека, на долг рок, околу една половина од населението над 18 години ќе биде старо население. „Ваквите демографски движења во пензискиот систем предизвикуваат појава на зголемен број пензионери и подолготрајно користење на пензијата, а намалување на бројот на осигуреници. Актуарските проекции, изработени при подготовката на реформата на пензискиот систем, покажаа дека може да се очекува овие фактори да имаат големо негативно влијание врз солвентноста на Фондот на ПИОМ, на долг рок, односно, без реформи, системот би функционирал со изразен дефицит што брзо и значително ќе се зголемува“, се посочува во последниот извештај на (МАПАС).

ФАКТ: ПОВЕЌЕ ОД ПОЛОВИНА ОД ПЕНЗИИТЕ ЗАВИСАТ ОД ДРЖАВНИОТ БУЏЕТ



www.kapital.mk

Капитал број 902 10.02.2017

14

COVER STORY

Финансиската кондиција на пензискиот фонд почна да се влошува од 2008 година наваму откако властите одлучија да ја намалат стапката на придонес за пензиско осигурување од 21,2% од основицата, на 18% колку што е и денес. Аналитичарите велат дека намалените придонеси не обезбедија поголеми приходи од придонеси преку поттикнување на вработеноста туку креираа поголем дефицит во пензискиот фонд. Експертите објаснуваат дека решенијата што ги предлага и ММФ, а тоа се зголемување на стапката на придонес за пензиско осигурување, или пак подигнување на старосната граница за пензионирање, мора да се применат за да се подобри финансиската кондиција на пензискиот фонд. Овие мерки се непопуларни за спроведување, меѓутоа, експертите се децидни дека

пензискиот систем ќе мора повторно да се реформира.

Ревизорите ја потврдија лошата состојба во ПИОМ

Загрижувачки е и последниот ревизорски извештај за финансиската кондиција на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување што во 2015 година го објави Државниот завод за ревизија. Неповолната финансиска состојба во Фондот според ревизорите се должи на неостварените проекции за зголемување на вработеноста, како и неостварените проекции за пораст на платите. Според податоците во извештајот, загрижувачки е податокот дека дупката во буџетската каса на Фондот секоја година се повеќе се продлабочува. „На финансиското работење на Фондот влијание имаше намалување на

стапката на придонесот за пензиско и инвалидско осигурување како и неостварените макроекономски индикатори за зголемување на вработеноста и порастот на платите на вработените кои имаат директно влијание врз остварувањето на приходите од придонесите“, стои во извештајот на ревизорите. Ревизијата забележува дека од година во година се повеќе расте дупката во буџетот на Фондот, која мора да се покрива со пари од централниот буџет. Особено е за истакнување, велат ревизорите, дека висината на дефицитот во буџетската каса на Фондот има тренд на зголемување секоја година. При тоа, ревизорите предупредуваат дека постои можност и од натамошно продлабочување на дупката во буџетската каса во Фондот. nnn



Капитал број 902 10.02.2017

16

www.kapital.mk

ЛУЃЕ И КОМПАНИИ

KNOW-HOW ОД ПРВА РАКА

КАКО ДА ПРОДАДЕТЕ АЈВАР ВО ЛОНДОН И ДРУГИ ИЗВОЗНИ ПРИКАЗНИ

СОВЕТ: ИЗВОЗНИЦИТЕ ПРЕПОРАЧУВААТ СОРАБОТКА СО ЕДЕ


www.kapital.mk

Капитал број 902 10.02.2017

17

ЕН ПАРТНЕР ВО ЕДНА ЗЕМЈА, ПО МОЖНОСТ И ДИСТРИБУТЕР


www.kapital.mk

Капитал број 902 10.02.2017

18

ЛУЃЕ И КОМПАНИИ

С ГЛИГОР ЦВЕТАНОВ

Макпрогрес

екое влегување на надворешен пазар чини, иако понекогаш може и да не ве чини практично ништо, ако клиентот вас ве таргетира како потенцијален добавувач и ако има сопствена малопродажна мрежа. Но, во принцип треба да сте подготвени на следниве трошоци: за саемско претставување или директно таргетирање; трошоци за лансирање на производите; трошоци за позиционирање, како и трошоци за реклама и промоција.

пишува:

Игор Петровски

Н

igor.petrovski@kapital.mk

Низ аеродромот “Ататурк“ во Истанбул, Турција, поминуваат преку 60 милиони патници годишно, кои што летаат на домашните или меѓународните линии што тој ги опслужува. Аеродромот има повеќе фришоп продавници, каде што патниците може да купат парфеми, чоколади, пијалаци, разни подароци... а од неодамна и ајварот и другите производи на македонскиот бренд Mama’s. Ова е голем успех за домашниот производител Тргопродукт од Струмица, кој што со помош на консултантската компанија Македонија Експорт веќе 6 -7 години ја гради приказната за брендот и извозната стратегија. “Со влез на истанбулскиот аеродром практично добивме пазар од 60 милиони луѓе. Ние сме единствен бренд од Македонија достапен на полиците од тамошните модерни и ексклузивни продавници, чиј што асортиман се прави врз основа на строги критериуми за квалитет“, вели Калин Бабушку, партнер во Македонија Експорт и бренд менаџер за Mama’s. Преку примерот на Mama’s и уште неколку други домашни компании ќе ви претставиме како всушност се прави извоз, односно се пробиваат нови пазари. Влезот на производите на Mama’s на аеродромот “Ататурк“ не е одненадеж – компанијата што ги поседува фришоп продавниците е присутна на сите аеродроми што ги менаџира турскиот аеродромски оператор TAV, а тие се во

З КОЧО АНЃУШЕВ

Фероинвест

а да воспоставите соработка со некој што ќе ги купува вашите производи било каде во светот, ќе поминете долг и макотрпен процес. Од една до две години се потребни додека направите соработка со партнер кој ќе ви верува. Извозот почнува од првиот контакт. Македонија е мала земја и никој нема да дојде овде, ако вие прво не појдете кај него. Затоа не треба да ви биде тешко да патувате и да бидете динамични. Од 10 обиди, еден дали ќе заврши со резултат.

Македонскиот извоз статистички расте секоја година, “бустиран“ од странските инвестиции во слободните економски зони. Лани пораснал за 6,9% на 4,3 милијарди евра. Нема да се занимаваме со тоа како странските корпорации, обилно субвенционирани од Владата, ги извезуваат производите од своите фабрики во земјава, главно пратени на натамошна доработка или вградување во некој автомобил и сл. Нивните бизнис стратегии и онака се носат од друго место, а пазарите им се веќе одамна “растапкани“. Ние им одвоивме простор домашните компании, локалните бизнис херои кои што како “грешни ѓаволи“ се мачат да направат бренд од својот производ и потоа да го продадат надвор. Ги слушнавме нивните извозни стратегии. 15-тина земји, меѓу кои и Македонија. Mama’s прво биле прифатени на скопскиот аеродром, потоа и на приштинскиот, за да како трет во низата дојде и тој во Истанбул. “Ние кога го видовме списокот на аеродроми на TAV, почнавме веднаш да правиме големи планови, си рековме, супер, сега ќе се ‘пикнеме’ во сите тие фришопови. Но, не оди тоа туку така. Од ATU, операторот на фришоповите, постојано те анализираат, испитуваат како добавувач, да видат колку сте спремни да инвестирате во промотивни активности, дегустации и сл., во зголемување на свесноста за вашиот бренд, дали тоа го правите на еден конзистентен начин, едноставно, колку сте посветени на развојот на вашиот бренд. “, објаснува Бабушку.

Трошоците за влез зависат и од преговарачката моќ на партнерот

Слично е и со останатите трговци и дистрибутери со кои што соработува Mama’s на странските пазари. Процесот на преговарање и убедување да ве сместат на полиците од некој голем трговски синџир може да трае и по

година – две, и да биде доста скап. Според Бабушку, иницијалните трошоци за да пробиете еден пазар варираат од држава до држава, во зависност од локалните трошоци и преговарачката моќ на партнерот што го имате во секоја земја. Инвестициите во случајот на Mama’s се движат од 50-100 илјади евра и опфаќаат т.н. listing fee, односно надомест што му го плаќате на трговецот само за да влезете на неговите рафтови, потоа маркетинг, промотивни акции, дегустации, итн. “Ние прво правиме анализа на потенцијалот на секоја земја, ако видиме шанса, тогаш правиме тригодишен план, што сакаме да постигнеме, па врз основа на тоа инвестираме. Еве, на пример, во Катар влеговме неодамна, засега имаме потрошено 10-15.000 евра за различни активности, но трошоци ќе има и понатаму, извозот е приказна што не застанува никогаш. Гледаме да соработуваме само со еден партнер за секој пазар, затоа што така е најпрактично и најкорисно и за двете страни“, вели Бабушку. А, како се наоѓаат локалните партнери кои што ви го пробиваат патот до

ЦЕНА: ВЛЕЗОТ НА СТРАНСКИ ПАЗАР ЧИНИ МНОГУ


ПОЛНИ РЕТКО , ВОЗИ ДОЛГО

www.detoil.com.mk


www.kapital.mk

Капитал број 902 10.02.2017

20

ЛУЃЕ И КОМПАНИИ

“KАВИЈАРОТ ОД ПИПЕРКИ“ СТАСА ВО НАЈПРЕСТИЖНАТА ПРОДАВНИЦА ЗА ХРАНА ВО БРИТАНИЈА

О

д септември минатата година ајварот и другите производи на Mama’s се најдоа на полиците на луксузната продавница за деликатеси „Fortnum & Mason", која што се наоѓа во срцето на Лондон, а датира уште од 1707 година. Позната е по тоа што во неа со векови се снабдува кралското семејство, благородниците и останатите богати граѓани на В.Британија. “Токму ова беше нашата цел уште од самиот почеток на градење на бренд и извозната стратегија на Mama’s – да се најдеме на полиците на најпрестижните светски продавници, во категоријата природна, традиционална, храна, со премиум ценовно ниво. Ајварот, кој што кај нас се перцепира како обична зимница, во своето име што има турски корени, всушност значи ‘кавијар од пиперки’, и токму, така, како деликатес сакаме да се сфаќа од потрошувачите. Не само да се мачка на леб, туку да се користи како сос за јадења од месо, чипс и сл. Ние за таа цел издадовме брошури и книгички со рецепти, каде што ги едуцираме потрошувачите“, вели Калин Бабушку од Mama’s. Присуството во „Fortnum&Mason", додава тој, им отвора многу врати понатаму, затоа што британските и останатите светски трговски синџири кога ќе видат таква референца, многу лесно ќе одлучат и тие да го постават на своите рафтови. “Ние две години чекавме додека се сретнеме со нивниот претставник на саем каде што бевме со нашата трговска крајните потрошувачи? “Дел од нив запознаваме на саеми, дел преку ‘word of mouth’, односно со препораки, благодарение на претходни добри искуства и соработки и сл.“, додава тој. “Порано одевме доста по саемите за етно храна, но од пред две години откако се појавивме на

Луксузната продавница на Fortnum & Mason во Лондон, каде што се продава ајварот на Mama’s

партнерка од Британија. Тој се согласи да го проба, и многу му се допадна вкусот. Рече, од најголемиот светски саем за храна Anuga во Келн, Германија, решивме да се фокусираме само на него, затоа што таму се сите битни луѓе од оваа индустрија. Исто така, таму се диктираат трендовите за вкусовите, амбалажата, дизајнот... На ваквиот тип саеми нема обични ‘шетачи’, на пример, билетот за

следната недела сакам да го видам кај нас“, вели нашиот соговорник од Mama’s. Anuga е 100 евра, и секој што доаѓа има некаков бизнис интерес“.

Ништо без саемите

Саемите како можност за промоција на сопственото производство и стекнување нови купувачи интензивно ги користи и Макпрогрес од Виница, во моментов најголем македонски извозник на

БРЕНД: МАКОТРПНО ГРАДЕЊЕ ЗА ПОЛЕСЕН ИЗВОЗ


www.kapital.mk

Капитал број 902 10.02.2017

21

П

КАЛИН БАБУШКУ Mama’s

рактикуваме еден трговски/ дистрибутерски партнер за еден пазар, во спротивно може пред трговските синџири да се појават два-тројца дистрибутери кои што ќе се ‘истепаат’ меѓу себе. Партнерите обично сме ги запознале на саемите, но и преку препорака, благодарение на некоја претходна добра соработка и сл. Иницијалните трошоци за да пробиете еден пазар варираат од земја до земја, во зависност од локалните трошоци и преговарачката моќ на партнерот што го имате во секоја земја.

кондиторски производи, на преку 50 пазари. Компанискиот тим деновиве се врати од IMS, најголемиот светски саем за кондиторски производи, што се одржува секоја година, исто така во Келн. Макпрогрес во Келн ги претстави брендовите Vincinni, Armonia и Natura, а беа изложени и новитетите од Винчини – трислојните тортички Триофино и Премиер, вафлите со какао и млечен крем. “Иднината на кондиторските производи започнува на International Sweets and Bis-

cuits Fair во Келн, најголемата и најважна бизнис комуникациска платформа во оваа индустрија. Макпрогрес настојува да биде светски препознаен квалитет застапен на меѓународните пазари. Токму затоа ние не пропуштаме да ги следиме овие големи настани во индустријата. Во октомври го посетивме саемот за храна SIAL во Париз. “, вели Глигор Цветанов, извршен директор на Макпрогрес. Годинешнава презентација во Келн им донела повеќе нови клиенти, меѓу кои и компании од Финска, Франција и Либија, додава тој.

Првичните искуства на Макпрогрес со саемските претставувања биле со заеднички штандови со други македонски фирми, преку програма која ја финансирало Министерството за економија. Денес нивното презентирање е индивидуално. “Тоа е инвестиција, а не трошок“, вели Цветанов. “Најголемиот дел од контактите и зделките, лично, ги имаме остварено токму на саемите. За сериозно преставување на овие саеми потребни се околу 20 илјади евра“. Освен на овој начин, компанијата испраќа и свои луѓе на терен, не само надвор, туку и низ земјава. За пазарите како што се Австралија, САД или Канада, се користат контакти од македонската дијаспора. Најчесто извозот таму оди преку Македонци, бизнисмени кои живеат таму и дистрибуираат македонски или производи од Балканот.

Еден од десет контакти вродува со плод

Во поглед на прехранбената индустрија, каде што припаѓа неговата компанија, Цветанов од Макпрогрес вели дека секој пазар е карактеристичен на свој начин и многу зависи од степенот на организираноста и развиеноста на малопродажбата. Има земји каде што


www.kapital.mk

Капитал број 902 10.02.2017

22

ЛУЃЕ И КОМПАНИИ

повеќе од 80% од целиот промет се прави преку национални и меѓународни синџири на маркети, а во некои држави овој тип на малопродажба е многу неразвиен или пак е во самите почетоци на развој. “На пример, во развиените западноевропски и американскиот пазар изразито е присуството на високо конкурентни и организирани трговски синџири на маркети во многу најразлични форми – дисконти, долар продавници, супермаркети, хипермаркети итн. Ако сакате да бидете присутни на ваков тип на пазар, мора да ги прифатите правилата на игра и стандардите кои ги бараат овој тип на трговски синџири. Во помалку развиениот свет сè уште е присутна традиционалната мала продавница која купува од производителите или увозниците во зависност од актуелноста на производот и најповеќе од неговата цена. “, објаснува Цветанов. Но, и за каков и да се работи пазар, мал, голем, неразвиен или развиен, една работа е заедничка: партнерите мора да сфатат дека вие имате контрола врз квалитетот и дека нема да дозволите варирање во производите што им ги испорачувате. Неретко она што е ваш финален производ оди во пакет или е дополна на некои други производи што тие ги испорачуваат на свои клиенти и ако доцните може да им го доведете целиот процес во прашање. Ниеден партнер нема со вас да работи сè уште на самиот почеток, туку проширувањето на соработката оди постепено – прво со еден производ, па потоа ја проширувате палетата“, објаснува Кочо Анѓушев, сопственик на групацијата Фероинвест, во чии рамки е и извозно насочената фабрика Брако од Велес, во моментов извозник во преку 20 пазари, најпозната по палетата производи на медицински мебел, но и возила за собирање смет и др. Анѓушев вели дека извозот всушност почнува од првиот контакт. “Македонија е мала земја и никој нема да дојде овде, ако вие прво не појдете кај него. Затоа не треба да ви биде тешко да патувате и да бидете динамични. Од 10 обиди, еден дали ќе заврши со резултат. На првиот состанок треба да оставите впечаток дека може да испорачате тоа што им треба. Клиентите мора да сфатат дека имаат интерес да работат со вас. После тоа треба време за технички да се усогласи производот, па треба да ви дозволат да го направите прототипот, па тој да ја помине нивната сертификација, и дури потоа почнува некакво производство. И сето ова трае најмалку една година“, го објаснува Анѓушев процесот на приближување кон новите купувачи од странство. nnn

Тимот на Макпрогрес на неодамнешниот саем за кондиторија IMS во Келн

КАКО ДА СЕ ЗГОЛЕМИ ИЗВОЗОТ? Да се потсетиме што кажа Глигор Цветанов, извршниот директор на Макпрогрес, во големото интервју што го направивме со него по повод 25-годишниот јубилеј на компанијата.

Ј

ас секогаш напоменувам дека е најбитно секој од нас чинителите во македонската економија, најпрвин да се запраша што може да стори кај себе дома, во сопствената компанија. Многу е битно компанијата да е спремна да извезува, да има квалитетен производ, да ги има потребните сертификати, да го познава пазарот… Најбитно е да се прилагоди производот и да се направи конкурентна понуда за квалитетен производ по достапна цена. Во нашите напори да произведуваме интернационални производи наменети за извоз клучно е и да ги одржуваме системите и стандардите за квалитет како што се ХАЦЦП, ИСО9001:2008, Кошер, Халал и ИФС. Државата има создадено услови за извоз преку склучените договори за слободна трговија со ЦЕФТА, ЕФТА и Европската унија со кое нашите производи ги

пласираме на нивните пазари без плаќање на царински давачки. За нашата компанија да има поголем извоз сметам дека би помогнало да се искористи потенцијалот кој го нудат пазарите од т.н. трети земји како што се земјите од Магреб и арапските земји. За таа цел би требало да се работи на склучување на дополнителни договори за Арапски земји – Саудиска Арабија, ОАЕ, Јемен, Судан, земјите од Магреб, Египет, Либан, Сирија, Израел, Руската федерација и сите поранешни советски републики, Турција. Понатаму сметам дека со поактивно вклучување на економските промотори во промоција на извозните македонски производи ќе има повеќе потенцијални клиенти за компаниите извозници. И како друга мерка би напоменал дека би помогнало доколку Македонска банка за поддршка на развојот ги намали висините на премиите за осигурување на извозот да бидат поприфатливи и да се олабави политиката на одобрување на осигурувањето, бидејќи сме имале случаи за наш клиент кој кај други добавувачи има осигурување на долгот, кај нас се добива негативен одговор на барањето на осигурување.

СТАРТ: ИЗВОЗОТ ПОЧНУВА УШТЕ ОД ПРВИОТ КОНТАКТ


СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

ГРАДЕЖНИШТВО

24

ФЕВРУАРИ

2017

НОВИТЕ ПРОЕКТИ НА МАКЕДОНСКИТЕ ГРАДЕЖНИЦИ Градежништвото ја носи на својот грб македонската економија. Без градежната експанзија што во најголем дел ја стимулира државата со јавните инвестиции, економскиот раст би бил преполовен. А, бројот на издадени дозволи за градење за повеќе квадратни метри станбен и деловен простор, најавуваат дека трендот на пораст на градежништвото ќе продолжи и годинава, што значи дека овој сектор ќе остане столбот на кој ќе се потпира економијата. Еве што ќе читате во најновиот специјален прилог на Капитал, Градежништво што излегува на 24.02.2017 година

l ДРЖАВАТА ПЛАНИРА ДА ИНВЕСТИРА 440 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ИЗГРАДБА НА КАПИТАЛНИ ОБЈЕКТИ ГОДИНАВА „ПОЛНИ РАЦЕ“ РАБОТА ЗА ГРАДЕЖНИЦИТЕ АКО ОВИЕ ПЛАНОВИ СЕ РЕАЛИЗИРААТ! l ШТО СÈ ЌЕ СЕ ГРАДИ ГОДИНАВА?! ДО КРАЈОТ НА 2016 ГОДИНА ИЗДАДЕНИ ПОГОЛЕМ БРОЈ НА ГРАДЕЖНИ ДОЗВОЛИ ОТКОЛКУ ВО 2015, ВО ВРЕДНОСТ ОД 750 МИЛИОНИ ЕВРА! l ЗГРАДИ ШТО ДИШАТ – ГРАДЕЖНИТЕ КОМПАНИИ КОРИСТАТ НАЈИНОВАТИВНИ ЕКО - МАТЕРИЈАЛИ ШТО ЈА ШТИТАТ ЖИВОТНАТА СРЕДИНА. КОЛКУ МАКЕДОНСКИТЕ ГРАДЕЖНИЦИ ГИ СЛЕДАТ СВЕТСКИТЕ ТРЕНДОВИ?! l КАПИТАЛ ВИ ГИ ПРЕТСТАВУВА НАЈДОБРИТЕ ИЗГРАДЕНИ ЗГРАДИ ВО 2016 ГОДИНА!

Повеќе информации во врска со прилогот и за претставување во истиот можете да добиете на е-мail: marketing@kapital.com.mk l gordana.mihajlovska@kapital.mk или на телефонскиот број ++ 389 2 3298 505

ЛИЦE ЗА КОНТАКТ:

ГОРДАНА МИХАЈЛОВСКА


Капитал број 902 10.02.2017

24

www.kapital.mk

КАПИТАЛ АНАЛИЗА

ПOСТОЈАТ САМО ЗА ДА ДЕЛАТ ПЛАТА

НАД 70% ОД БУЏЕТИ НА ДРЖАВНИТЕ КОМИСИИ И ДИРЕКЦ СЕ ТРОШАТ ЗА ПЛАТ

Шест дирекции и девет државни агенции годинава од буџетот ќе потрошат над 35 милиони евра. Она што паѓа во очи е што најголем дел од буџетите на овие државни дирекции и комисии или 70% до 90% ќе одат за плати и надоместоци на вработените, а втората по големина ставка се трошоците за одржување на нивните канцеларии, за греење и разна опрема. Нивните буџети и бројот на вработени постојано растат. Но, ако овие зголемувања се стават во контекст на тоа што тие го работат, тогаш се поставува дилемата дали воопшто има потреба и економска оправданост овие комисии и дирекции да постојат како самостојни државни органи со својство на правни лица или, пак, тие треба да функционираат во некои од постојните министерства.


www.kapital.mk

ИТЕ

ЦИИ ТИ

КапиталОД број 902 10.02.2017 ДИРЕКЦИИ И КОМИСИИ КОИ СЕ ФИНАНСИРААТ БУЏЕТ

25

Зголемување

Број на Буџет 2017 (евра)

вработени

на буџетот

во споредба

2017 со 2012 година

Дирекции Дирекција за безбедност на класифицирани информации

408.862

38

4,38%

Дирекција за радијациона сигурност

225.285

13

47,03%

Дирекција за заштите на личните податоци Дирекција за заштита и спасување Дирекција за технолошки и индустриски развојни зони

371.350

29

48,85%

4.019.252

277

-9,72%

13.109.041

74

679,86%

Дирекција за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати

14.219.512

16

6,65%

32.353.301

434

59,69%

Државна комисија за заштита на конкуренција

306.602

27

14,38%

Државна комисија за жалби по јавни набавки

269.691

19

70,60%

Комисија за верификација на фактите

308.780

16

9,31%

Државна комисија за спречување на корупција

563.642

35

69,08%

399.366

32

/

260.130

23

34,54%

82.146

/

8,30%

781.268

58

528,08%

Вкупно Комисии

Државна комисија за одлучување во втор степен од областа на инспекцискиот надзор Комисија за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер Комисија за заштита од дискриминација Државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен Комисија за односи со верските заедници и религиозни групи Вкупно

200.520

15

31,74%

3.172.000

225

99,8%


www.kapital.mk

Капитал број 902 10.02.2017

26

КАПИТАЛ АНАЛИЗА

Дирекцијата за технолошки и индустриски развојни зони, која годинава се планира да потроши 14,2 милиони евра. Буџетот на оваа Дирекција е повеќе од шест пати зголемен во споредба со пред пет години, кога за нејзе во буџетот биле одвоени само 1,7 милиони евра. Вкупниот буџет наменет за технолошко индустриските развојни зони, од 2007 година до годинава надминува 86,7 милиони евра.

A пишува:

Биљана Здравковска Стојчевска biljana.zdravkovska@kapital.mk

Ако се разгледаат Регистарот на вработените во јавниот сектор и буџетите на државата може да се види дека на товар на државната каса има еден куп дирекции и комисии, кои годишно трошат милиони евра. На пример, Регистарот за работени во јавниот сектор може да се види дека во Македонија постојат 15 министерства, 28 органи во рамки на Министерствата, 44 самостојни органи на државната управа, 15 правни лица со јавни овластувања, 10 регулаторни тела и 107 јавни претпријатија. Ако се разгледа Буџетот за 2017 година може да се види дека на товар на државната каса годинава ќе бидат шест дирекции кои се планира да потрошат вкупно 32,3 милиони евра. Во овие шест агенции официјално работат 434 луѓе, но не се знае колку луѓе уште се ангажирани хонорарнo како експерти и стручни соработници. Ако се анализираат комисиите кои се финансираат од буџетот, годинава девет комисии се планира да потрошат 3,1 милион евра. Некои од овие дирекции и комисии постојат веќе подолго време, но некои се

Постоењето на вакви квази државни институции, само ja оптеретуваат државната каса бидејќи за секоја од нив треба да се обезбедат канцеларии, да се вработат директор, минимум 10 до 15 луѓе, за нив да се плаќаат плати и придонеси, да се плаќаат нивните режиски и комунални трошоци, да се набавува мебел и опрема, да се плаќа за телефони и транспорт... основани во последните две-три години. Тие функционираат како самостојни државни органи со својство на правно лице. Најголемиот дел од нив се финансираат со пари од буџетот, но некои од дирекциите прибираат пари и преку наплата на разни надоместоци од фирмите и граѓаните за издавање на разни дозволи, потврди, одобренија... Она што паѓа во очи е што најголем дел од буџетите на овие државни дирекции и комисии или 70% до 80% одат за плати и надоместоци на вработените, а втората по големина ставка се трошоците за одржување на нивните канцеларии, за греење и разна опрема. Ако се спореди со периодот од пред пет години, на пример, речиси кај сите има зголемување на буџетите и на бројот на вработените. Но, ако овие зголемувања на буџетите и вработувањата се стават во контекст на тоа што тие го работат, тогаш се поставува дилемата дали воопшто има потреба и економска оправданост овие комисии

и дирекции да постојат како самостојни државни органи со својство на правни лица или, пак, тие треба да функционираат во некои од постојните министерства. Бидејќи постоењето на вакви квази државни институции, само ja оптеретуваат државната каса бидејќи за секоја од нив треба да се обезбедат канцеларии, да се вработат директор, минимум 10 до 15 луѓе, за нив да се плаќаат плати и придонеси, да се плаќаат нивните режиски и комунални трошоци, да се набавува мебел и опрема, да се плаќа за телефони и транспорт... Очигледно на Македонија и е повеќе од потребна една добра анализа на трошоците и користа што ја има државата од постоењето на овие разно-разни дирекции, комисии и агенции. Но, повеќе од се е потребна политичка волја за да се почне со реформа на јавната администрација, која е непопуларна, но повеќе од неопхдна за Македонија.

Буџетот на дирекциите поголем за 60% за пет години

На пример, шесте државни дирекции

ФАКТ: ШЕСТЕ ДРЖАВНИ ДИРЕКЦИИ ГОДИНАВА


www.kapital.mk

Капитал број 902 10.02.2017

27

Колку навистина Дирекцијата за заштита и спасување може да одговори на она што е нејзина основна задача, ако се знае дека дури два милиони ева или половина од нивниот буџет годинава ќе бидат потрошени за плати и надоместоци на вработените, а само 550 илјади евра се наменети за капитални расходи или за купување на опрема и машини.

годинава се планира да потрошат 32 милиони евра. Пред пет години тие имале буџети за трошење од 20 милиони евра. Или парите кои се одвојуваат од државниот буџет, а кои се трошат преку овие агенции за период од пет години се зголемени за речиси 60%. Најголем е буџетот на Дирекцијата за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати, кој годинава се планира да изнесува 14,2 милиони евра. Дирекцијата за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати е задолжена за за формирање, чување, обновување, зановување и користење на задолжителните резерви на нафта и нафтени деривати на земјата. Во оваа Дирекција работат 16 лица. Од буџетот на Македонија за 2012 година може да се види дека буџетот на оваа Дирекција е малку зголемен за околу 6,6%, а има шест вработени повеќе. Втор најголем буџет има Дирекцијата за технолошки и индустриски развојни зони, која годинава се планира да потроши 14,2 милиони евра. Буџетот на оваа Дирекција е повеќе од шест пати зголемен во споредба со пред пет години, кога за нејзе во буџетот биле одвоени само 1,7 милиони евра. Оваа Дирекција во име на Владата на Република Македонија, управува со Технолошко-индустриските развојни зони во земјата во кои инвестираат странските инвеститори. Во Дирекцијата за технолошки и индустриски зони работат 75 лица. Дирекцијата за ТИРЗ, која што како таква постои од 2009 година, до 2016 година потрошила вкупно 71,2 милиони евра. Од нив, речиси 48 милиони евра се потрошиле за изградба на технолошко индустриските развојни зони, 5 милиони евра за поддршка на инвестиции, а околу 18 милиони евра за

функционирањето на Дирекцијата во што спаѓаат платите на вработените и набавки на стоки и услуги за тековното работење. Претходно во 2007 и 2008 година, за изградба на технолошко индустриските развојни зони се потрошиле околу 10,7 милиони евра, но преку Министерството за економија. За годинава, за капитални инвестиции во овие 13 индустриски зони, дел од нив целосно изградени и подготвени за инвеститорите, а дел во фаза на изградба, предвидено е да се потрошат уште 4 милиони евра. Со тоа вкупниот буџет наменет за технолошко индустриските развојни зони, од 2007 година до годинава надминува 86,7 милиони евра. Базата на податоци „Странски инвестиции под лупа“ што ја објави БИРН, покажува дека во техонолшко инудстриските развојни зони, во периодот од 2007 до 2016 година, најавени биле вкупно 43 странски инвестиции, во вредност од 1,16 милијарди евра. Во овие фабрики пак, било најавено дека ќе се отворат вкупно 26.730 работни места. Меѓутоа, резултатот на реализација до денес е 13 остварени инвестиции кои што вложиле 231,5 милиони евра и отвориле 6.863 работни места, додека уште 13 инвеститори се уште ги градат фабриките што ги најавиле. Меѓутоа, дури 17 инвеститори што најавиле дека ќе изградат фабрика во некоја од зоните, ветиле дека ќе вложат 612 милиони евра и дека ќе отворат 14.867 работни места, никогаш не ги реализираа плановите. Трет најголем буџет има Дирекцијата за заштита и спасување, која годинава се планира да потроши 4 милиони евра и во

која се вработени дури 277 лица. Основна функција на Дирекцијата за заштита и спасување е заштита и спасување на луѓето, животната средина, материјалните добра, природните богатства, животинскиот и растителниот свет и културното наследство од природни непогоди и други несреќи во мир, вонредна состојба и воена состојба во Република Македонија, како и отстранување на последиците од настанатите природни непогоди и други несреќи и давање помош на настраданото население. Но, се поставува дилемата колку навистина оваа Дирекција може да одговори на она што е нејзина основна задача, ако се знае дека дури два милиони ева или половина од нивниот буџет годинава ќе бидат потрошени за плати и надоместоци на вработените, а само 550 илјади евра се наменети за капитални расходи или за купување на опрема и машини. Ова е единствена од државните агенции која има намалување на буџетот и бројот на вработени во споредба со пред пет години. Па ака буџетот на оваа Дирекција за 2017 година е за околу 10% помал во споредба со буџетот што го имала во 2012 година, а бројот на вработени е намален за околу 13% Дирекцијата за заштита на личните податоци годинава ќе има за трошење 370 илјади евра, буџет кој во споредба со 2012 годна е поголем за 48%. Дури 66% од буџетот на Дирекцијата годинава ќе се потроши за надоместоци и плати на вработените. Во оваа Дирекција денес се вработени 27 лица, за седум повеќе во споредба со пред пет години. Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации има функција на национален безбедносен авторитет се

СЕ ПЛАНИРА ДА ПОТРОШАТ 32 МИЛИОНИ ЕВРА


www.kapital.mk

Капитал број 902 10.02.2017

28

КАПИТАЛ АНАЛИЗА

грижи за спроведување на утврдената политика за заштита на класифицирани информации, усогласена со меѓународните безбедносни стандарди. Оваа Дирекција годинава ќе има буџет од 408 илјади евра, а во неа се вработени 38 лица. Ако се анализира нејзиниот годинешен буџет, дури 76% се троши за плати и надоместоци за вработените, а втора најголема ставка се трошењата за комунални услуги, греење, комуникација и транспорт. Малку кој од пошироката јавноста знае дека Македонија има и Дирекција за радијациона сигурност. Таа годинава ќе има за трошење буџет од 225 илјади евра, а во неа се вработни 13 лица.

Комисии за односи, врски, жалби...

Буџетот на овие девет државни комисии кои се финансираат од државната каса за период од пет години е зголемен за речиси 100%. Ако се гледаат буџетите на државните комисии, најголем буџет годинава има Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен. Оваа Комисија во која се вработени дури 64 лица годинава од буџетот ќе потроши 780 илјади евра. Од нејзиниот буџет дури 660 илјади или близу 85% ќе се трошат за плати. Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен е државен орган кој е самостоен во својата работа и има својство на правно лице, и надлежна е за решавање по жалби против решенија донесени во управна постапка во прв степен од страна на министерствата, другите органи на државната управа, организации утврдени со закон и други државни органи. Државната комисија е надлежна да одлучува и за прашања од областа на работните односи во втор степен (кои не се во надлежност на Агенцијата за администрација), за прашања од областа на работните односи за државните службеници од Агенцијата за администрација, како и против решенија на Министерството за внатрешни работи со кои се поништени решенијата за доделување на награди. Оваа Комисија започна со работа во 2012 година со буџет од околу 125 илјади евра и за период од пет години нејзиниот буџет е петкратно зголемен. Втор најголем буџет годинава ќе има Комисијата за спречување на корупција годинава ќе изнесува 563 илјади евра, од кои дури 347 илјади евра, или две третини од целиот Буџет на оваа Комисија ќе се потроши за плати на вработените. Во оваа Дирекција за спречување на корупција официјално се вработени 35. Во 2012 година за Комисијата за спречување на корупцијата бил предвиден буџет од 333 илјади евра, што значи дека трошењата на оваа агенција за период од пет години

се зголемени за 70%. Пред пет години на платниот список на Комисијата за борба протов корупцијата биле 24 лица, а денес има 11 повеќе вработени. Државната комисија е составена од седум члена, кои ги именува Собранието со мандат од четири години со право на уште едно именување. Но, според критиките кои Македонија секојдневно ги добива од меѓународните институции за големото ниво на корупција во речиси сите институции, работењето на оваа Комисија воопшто не го оправдува своето постоење. Ако се разледа обемот на работа кој го врши денес оваа Комисија, тој е многу помал од обемот на работа кој го сработувала Комисијата пред пет години, па оттука нема никаква логика ниту зголемувањето на буџетот и бројот на вработени. Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочна постапка во која се вработени 32 лица, годинава од буџетот ќе потроши 400 илјади евра. Од целиот буџет дури 75% се за плати и надоместоци. Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка е државен орган кој е самостоен во својата работа и има својство на правно лице. Оваа комисија е надлежна за решавање по жалби против решенија донесени во прв степен во инспекциска постапка како и по жалби против одлуките за прекршок што се донесени од прекршочен орган, кога со закон е пропишано да одлучуваат во прекршочна постапка. Во Комисијата за верификација на факти или попозната како комисија за лустрација, се вработени 16 лица. Годинава оваа

Комисија ќе има буџет од 308 илјади евра, од кои дури 74% ќе бидат за плати и надоместоци на вработените. Во Комисија за односи со верските заедници и религиозни групи се вработени 15 лица и тие годинава ќе потрошат 200 илјади евра буџетски пари. Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи како самостоен државен орган ги реализира активностите што произлегуваат од Законот за правна положба на црква, верска заедница и религиозна група. Во споредба со пред пет години, буџетот на оваа Комисија е зголемен за 30%. Комисијата за заштита на конкуренцијата годинава ќе има буџет од 306 илјади евра, од кои дури 232 илјади. Имајќи предвид дека дури 76% од целиот буџет на Комисијата ќе се потроши за за плати и надоместоци на 27 вработени, може да се заклучи дека многу малку пари и остануваат за оваа инаку многу важна улога за пазарна економија. Државната комисија за жалби по јавни набавки има буџет од 270 илјади евра, a 80% од целиот буџет ќе се троши за плати и надоместоци на вработените, кои се 19 на број. Основна надлежност на Државната комисија за жалби по јавни набавки е решавање на жалби во постапката за доделување на договори за јавните набавки. Оваа Комисија е формира во 2008 година, а буџетот во споредба со пред пет години и е зголемен за дури 70%. Најмал буџет од сите комисии има Комисијата за заштита од дискриминација има буџет од 82 илјади евра, од кои речиси 90% оди за прилично нејасна ставка договорни услуги, а само 8 илајди евра за плати и надоместоци. nnn

ФАКТ: БУЏЕТОТ НА КОМИСИИТЕ ПОГОЛЕМ ЗА 100% ЗА ПЕТ ГОДИНИ


СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

ПЛАТЕЖНИ КАРТИЧКИ

17

ФЕВРУАРИ

2017

КОЛКУ, КАКО И ЗОШТО СЕ КОРИСТИ “ПЛАСТИКАТА“ ВО МАКЕДОНИЈА Во најновиот специјален прилог за картичното работење во земјава “Капитал“ ќе направи детален преглед на користењето на овој платежен инструмент во Македонија, со осврт на актуелните новитети што ги нудат банките и картичните брендови. Ќе анализираме и кои картични продукти какви камати имаат и што е најповолно за потрошувачите и бизнисите. Плаќањето со картички во земјава расте од година в година, но за нивно поефикасно користење и прифаќање на најновите светски трендови, особено во делот на онлајн трансакциите и мобилното плаќање, има уште доста работа: на пример, само околу 2%-3% од вкупните трансакции со картички се направени преку интернет, а од она што не е онлајн, преку 75% отпаѓа на повлекување готовина од банкомат. Меѓу другото, во “Платежни картички“ ќе се осврнеме на следниве работи:

l АНАЛИЗА НА НАЈНОВИТЕ ТРЕНДОВИ ВО КАРТИЧНОТО РАБОТЕЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА: КОЛКУ, КАКО И ЗОШТО СЕ КОРИСТАТ ПЛАТЕЖНИТЕ КАРТИЧКИ l КАКВИ СЕ КАМАТИТЕ НА ПОЕДИНИТЕ КАРТИЧНИ ПРОИЗВОДИ И ШТО Е НАЈПОВОЛНО ЗА ПОТРОШУВАЧИТЕ И БИЗНИСИТЕ l ОНЛАЈН ТРАНСАКЦИИТЕ РАСТАТ, НО СÈ УШТЕ СЕ МИНИМАЛЕН ПРОЦЕНТ ОД ВКУПНОТО ПЛАЌАЊЕ ПРЕКУ КАРТИЧКА: КАКО ДА СЕ ЗГОЛЕМИ Е – ТРГОВИЈАТА l ГИ ПРЕТСТАВУВАМЕ НАЈНОВИТЕ КАРТИЧНИ ПРОДУКТИ НА БАНКИТЕ ВО ЗЕМЈАВА: КАКО ДА СЕ ПРИВЛЕЧАТ И ЗАДРЖАТ ПОТРОШУВАЧИТЕ l ШТО СÈ НÈ ОЧЕКУВА ВО КАРТИЧНОТО РАБОТЕЊЕ: ГИ АНАЛИЗИРАМЕ НАЈНОВИТЕ СВЕТСКИ ТРЕНДОВИ

Повеќе информации во врска со прилогот и за претставување во истиот можете да добиете на е-мail: marketing@kapital.com.mk l gordana.mihajlovska@kapital.mk или на телефонскиот број ++ 389 2 3298 505

ЛИЦE ЗА КОНТАКТ:

ГОРДАНА МИХАЈЛОВСКА


Капитал број 902 10.02.2017

30

www.kapital.mk

ПОЛИТИКА

БРИСЕЛ СО НЕТРПЕНИЕ ОЧЕКУВА ДА СЕ ФОРМИРА

ЗА ВМРО-ДПМНЕ ИЗ СЕ НОВИ ИЗБОРИ, А СЕ НАДЕВА НА ВЛ ВО ШИРОКА КОАЛИ

ЖБОГАР: ПАРТИИТЕ ВО ПАРЛАМЕНТОТ ДА ОДЛУЧАТ К


www.kapital.mk

А НОВАТА ВЛАДА

ЗЛЕЗ

ЛЕЗ ИЦИЈА

Капитал број 902 10.02.2017

31 Кога веќе нема поддршка за нови избори, на ВМРО-ДПМНЕ опцијата за широка коалиција во која би влегле и тие не им изгледа толку лошо во ситуација чија парадигма ја опфати Жбогар, кој најавувајќи го доаѓањето на Хан рече дека „со нетрпение очекуваме формирање на новата влада“. Но, евроамбасадорот објасни дека широка поддршка не мора да се обезбеди преку членување на сите во владината коалиција, туку, штом „сите партии ја поддржуваат ЕУ- агендата“, тогаш широка поддршка ќе има „не само од партиите кои се на власт, туку и од опозицијата“ пишува:

П Максим Ристески

maksim.risteski@kapital.mk

Почнаа официјалните преговори меѓу СДСМ и ДУИ; претходно БЕСА и Алијансата за Албанците ги ветија потписите на своите пратеници ако така можат да помогнат Зоран Заев да исполни еден од условите на Ѓорѓе Иванов за да го добие мандатот, а еврокомесарот Јоханес Хан во четврток доаѓа во Македонија (текстов е затворен пред неговото доаѓање). Ова се параметрите на последниот развој на обидите да се состави влада што би произлегла од изборите на 11 декември. Според информациите што ги добивме од извори од СДСМ, партијата е на став дека потписите – од 61 пратеник, колку што побара Иванов, треба да се соберат што побрзо, за да се добие мандатот, а дури потоа, во дваесетте денови што ги предвидува Уставот, да се влезе во конкретни преговори за составување владина коалиција. Во СДСМ сметаат дека за да се соберат потребните потписи доволна е усогласеноста со ДУИ околу поддршката на Специјалното јавно обвинителство и за евроатланските интеграции, како и отвореноста на Заев да се разговара за барањата на партиите од албанскиот блок поврзани со употребата на албанскиот јазик. Слична е и јавно изнесената позиција на БЕСА и на Алијансата за Албанците, дека нивните пратеници би се потпишале

за претседателот на СДСМ да го добие мандатот, но, оти тоа не би значело дека новата влада е договорена. Информациите, пак, од ДУИ се дека таму натежнува мислењето оти за да ги дадат потписите за мандат на Заев, претходно, во преговори со СДСМ, треба да се исцртаат контурите на новата влада, во кои од Мала Речица очекуваат да се види подготвеност Бихаќска да ги прифати и „жешките костени“ поврзани со барањата „за еднаквост на Албанците“. По средбата на претставниците на СДСМ и на ДУИ во понеделникот (интересно е што Али Ахмети за целта ги испрати тројцата потпретседатели на партијата за кои се шпекулираше дека вечерта кога му истече рокот на Никола Груевски како мандатар, биле или комуницирале на/со Бихаќска, а имено Теута Арифи, Невзат Бејта и Изет Меџити) во двете партии почнаа внатрепартиски консултации. Конструктивната атмосфера на средбата, за која зборуваше Арифи, може да се објасни и со составот на делегацијата на ДУИ. А дека ДУИ не игра конструктивна улога во овој правец обвинија од БЕСА, при што треба да се има предвид дека партијата на Билал Касами се позиционира на политичката сцена критикувајќи ја ДУИ; играјќи на картата на незадоволството на Албанците од Македонија од начинот на кој „интегративците“ ја практикуваат власта. Од БЕСА изјавија дека постојат три можни сценарија за преговорите ДУИСДСМ, а сите три завршуваат онака како што сака ВМРО-ДПМНЕ - со нови избори. Овде веројатно се подразбира дека Ахмети кој не го поддржа Груевски како мандатар да формира влада поради големиот притисок во партијата (во ДУИ) и (веројатно) од меѓународниот фактор; сега би одработил за Груевски со саботажа на Заев како (потенцијален) мандатар, а поради сразмерен притисок

КАКВА КОАЛИЦИЈА И ВЛАДА САКААТ ДА ФОРМИРААТ


www.kapital.mk

Капитал број 902 10.02.2017

32

ПОЛИТИКА

Од БЕСА и Алијансата за Албанците, Заев има бланко поддршка за мандатар, што, потенцираат оттаму, е многу различно од автоматски договор за формирање влада. Од БЕСА не исклучуваат дека без разлика како изгледаат работите, Ахмети во интерес на Груевски може да ја игра улогата на саботер на составувањето влада околу СДСМ

од поранешниот премиер и коалициски партнер. Од БЕСА, како прво и најбезболно сценарио го означија тоа во кое ДУИ едноставно не би ја поддржало СДСМ за составување влада. Второто сценарио подразбира ДУИ да мора да ја поддржи СДСМ зашто Заев начелно би ја прифатил платформата на албанските партии. Во овој случај, сметаат во БЕСА, работата би ја завршил Иванов, кој со изговор дека се става под ризик унитарниот карактер на државата (претседателот, надвор од неговите уставни надлежности, си остави простор за ваква акција откако во изјавата по консултациите со политичките партии рече и дека бара од оние што ќе ја

составуваат новата влада во програмата да имаат и приоритет „зачувување и зацврстување на унитарниот карактер на државата“) би одбил да му го даде мандатот на Заев. На вакво нешто може да упатуваат и неофицијалните информации дека Ахмети за да му ги даде на Заев потписите на пратениците на ДУИ бара претходно да постигнат договор за влада, во кој би се подразбирало прифаќање на платформата на албанските партии. Третото сценарио што го претпоставиле во БЕСА е Заев сепак да го добие мандатот, и СДСМ и ДУИ да формираат влада, а ВМРО-ДПМНЕ да организира масовни граѓански протести (за спас од „предавството“ на СДСМ) што би ја

дестабилизирале состојбата до потреба од нови избори.

ВМРО-ДПМНЕ предвидува проблеми ако влада формира СДСМ

Во контекст на третото сценарио, односно за реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ во случај СДСМ и ДУИ да формираат нова влада, извесни најави стигнаа од партијата на Груевски и во најновото соопштение (до затворањето на овој текст) од средбата на поранешниот премиер со амбасадорката на ОБСЕ, Нина Соумалаинен. На прашањето на Соумалаинен дали ВМРО-ДПМНЕ би прифатила влада формирана од СДСМ, од партијата на Груевски одговориле дека „секоја



www.kapital.mk

Капитал број 902 10.02.2017

34

ПОЛИТИКА

партија која носи одлука за формирање коалиција без партијата која добила најмногу гласови и најголема поддршка од народот на изборите, треба да знае дека во исто време носи одлука да се соочува со проблеми во иднина својствени на ситуации кога се игнорира волјата на мнозинството граѓани“. Кога сме веќе кај улогата што ја игра ВМРО-ДПМНЕ во ситуацијата, јавната позиција на партијата е нови избори. Во оваа смисла продолжуваат да му се закануваат на Ахмети додека од него ја преземаат улогата на бранители на принципот влада да прават партиите што победиле во македонскиот и во албанскиот блок. Во соопштението по средбата со Соумала-инен, од ВМРО-ДПМНЕ напишаа дека во мултиетничка Македонија „е исклучително важно победникот кај македонските гласачи и победникот кај албанските гласачи секогаш да коалицираат“. На Ахмети, доколку сега отстапи од овој „принцип“ и направи коалиција со СДСМ, му се закануваат дека ако некогаш во иднина сака пак да коалицира со ВМРО-ДПМНЕ „треба да знае дека без дискусија ќе биде избркан од штабот на партијата“. Во соопштението не го споменуваат по име лидерот на ДУИ, но повеќе од јасно е на кого се однесува предупредувањето. ВМРО-ДПМНЕ во ова соопштение пишува и дека пред амбасадорката на ОБСЕ дале предлог кога евентуално би можело да се организираат нови парламентарни избори, а имено „од економска гледна точка, во смисла на трошоци за изборите, како и другите проблеми кои ги создава секое организирање избори“, сметаат дека „би било најдобро да се за време на локалните избори“. Но, има индиции и дека ВМРО-ДПМНЕ, во услови кога нема поддршка од другите фактори за нови избори, не би имала ништо против да влезе и во широка владина коалиција, и да остане власт. Кога споменавме индиции, милевме на

Евроамбасадорот најавувајќи ја посетата на еврокомесарот се повика на про-ЕУ декларациите на сите партии, кога рече дека очекува и идната опозиција да ја поддржи владата во она што се подразбира како ЕУ-агенда

начинот на кој одредени медиуми што во јавноста се сметаат за поблиски до ВМРО-ДПМНЕ ја покрија веста/најавата за доаѓањето на еврокомесарот Јоханес Хан во Скопје. Имено, споменатите медиуми, потсетувајќи на изјавите од Брисел според кои Европа очекува „широк политички консензус, односно широка коалиција“, се повикуваат на одредени аналитичари кои протолкуваа дека под широка коалиција треба да се подразбере коалиција во која би учествувале сите партии. Оттука, овие медиуми оставија простор дека Хан доаѓа во Скопје за да изврши притисок за широка коалиција, во која би влегла и ВМРО-ДПМНЕ. Оваа опција не им изгледа толку лошо во ВМРО-ДПМНЕ во ситуација чија парадигма ја опфати евроамбасадорот

Самуел Жбогар, кој, најавувајќи го доаѓањето на еврокомесарот Хан во Скопје, рече дека „со нетрпение (во ЕУ, н.з.) очекуваме формирање на новата влада“. Жбогар објасни дека кога станува збор за широка поддршка, таа и не мора да се обезбеди преку членување во владината коалиција, туку, штом „сите политички партии во земјата ја поддржуваат агендата на ЕУ“, тогаш широка поддршка (за оваа агенда што е јасно што вклучува) ќе има „не само од партиите кои се на власт, туку и од опозицијата“. Со други зборови, широка коалиција за ЕУ не значи дека во Парламентот нужно ќе нема опозиција, односно оти во новата влада Брисел очекува да влезат сите партии што добија пратеници на изборите на 11 декември. nnn



Капитал број 902 10.02.2017

36

www.kapital.mk

БАЛКАН БИЗНИС И ПОЛИТИКА

ВЛАДАТА ЈА ПОВЛЕЧЕ СПОРНАТА УРЕДБА - НАРОДОТ ОС

РОМАНЦИТЕ ГО ПОЛОЖИЈА ИСПИТО ДЕМОКРАТСКА ЗРЕ

ГРИНДЕАНУ „ПОКАЈНИЧКИ“: „НЕ САКАМ РОМАНИЈА Д


www.kapital.mk

СТАНА НА УЛИЦИТЕ

ТОТ ЗА ЕЛОСТ

Капитал број 902 10.02.2017

37

Граѓанското општество во Романија не ја дели желбата на власта за примирје, зашто влада што донела уредба за спас на корумпираните политичари, и ако под притисок подоцна ја повлече, мора да си оди. Романците докажаа дека создале здрава демократија чија клучна состојка е свеста на народот оти ја има најголемата сила во државата, која на избори се делегира на институции, и која силно реагира демократско-имунолошки секогаш кога некој ќе ја доведе во прашање

Р

Романците докажаа дека создале здрава демократија чија клучна состојка е свеста на народот оти ја има најголемата сила во државата, која на избори се делегира на институции, и која силно реагира демократско-имунолошки секогаш кога некој ќе ја доведе во прашање. Прво, со масовност против која не се може, Романците го натераа премиерот Сорин Гриндеану да ја повлече уредбата за измени на Кривичниот законик со која ќе се овозможеше од радарот на борбата со корупцијата да исчезнат голем број романски политичари. Второ, покажаа дека имаат изграден демократски критериум, оти влада што донела ваква уредба, па и ако под притисок подоцна ја повлече, мора да си оди. Околу 250.000 луѓе се собраа и во неделата (шеста вечер по ред), иако претходниот ден

ДА БИДЕ ПОДЕЛЕНА НА ДВА ДЕЛА“

Владата на Гриндеану ја повлече уредбата. Секако, бараа оставка од Владата (на чии членови им скандираа „Крадци!“) и предвремени парламентарни избори. Продолжувањето на масовните протести, најмасовни од падот на Николае Чаушеску, е и поради свеста за опасноста Гриндеану да се обиде да го протне ова ослабување на борбата со корупцијата преку Парламентот. Имено, премиерот, откако ја повлече уредбата, го повика министерот за правда да изготви предлог-закон што ќе им биде испратен на романските пратеници за да дебатираат по него. Но, во Парламентот владејачките социјалдемократи имаат мнозинство, што претставува јасен ризик дека по јавните дебати со сите политички партии и со претставниците на невладиниот сектор, што Гриндеану ги најави, пред пратениците одново може да се најде навидум сменет, но сепак закон што на политичари фатени во корупциски криминал ќе им даде прошка. Затоа и уредникот на романската редакција на Дојче Веле, Роберт Шварц, напиша дека битката со нагризениот политички систем во земјата си уште не е добиена – луѓето веќе сакаат нешто повеќе. Тој смета дека ризикот што на себе го


www.kapital.mk

Капитал број 902 10.02.2017

38

БАЛКАН БИЗНИС И ПОЛИТИКА Околу 250.000 луѓе се собраа и во неделата (шеста вечер по ред), иако претходниот ден Владата на Гриндеану ја повлече уредбата. Секако, бараа оставка од Владата (на чии членови им скандираа „Крадци!“) и предвремени парламентарни избори.

презема власта носејќи ја спорната уредба се покажал преголем за кабинетот на Гриндеану . „Довербата кон владејачките социјалдемократи толку радикално падна последниве седмици, што и објавата дека ја повлекуваат уредбата не го донесе очекуваниот ефект за нив“, пишува Шварц. Тој смета дека власта, сепак, не го сфаќа докрај ова, и оти може да се обиде да добие на време со процесот на изготвување предлог-закон што би ја заменил уредбата. „Ако луѓето досега протестираа против уредбата, со која требаше да се отфрли дел од судските казни за корупција, сега тие веќе бараат оставка на Владата. А слични масовни протести Романија не видела од паѓањето на комунистичкиот режим пред 27 години“, смета Шварц. Уредникот на Дојче Веле е сугурен дека граѓанското општество во Романија не ја дели желбата на власта за примирје. Претседателот Јоханис, кој поднесе жалба до Уставниот суд (против уредбата), ја поздрави одлуката на премиерот (за повлекување на уредбата), но само како прв чекор по кој треба да следат други (чекори) – на пример, отфрлањето на предлог-законот за амнестија од кој ќе имаат корист политичари веќе осудени за корупција или за злоупотреба на службената положба. Шварц овде пишува за вториот проект на Владата за кој имаше протести - оној за амнестија и помилување на веќе осудени за корупција, кој нема да биде пласиран во форма на итна наредба, туку прво треба да помине низ Парламентот. Од овој предлог-закон (ако помине) корист би имал главно лидерот на владејачката Социјалдемократска партија, Ливиу Драгна, кој има двегодишна условна пресуда за изборни манипулации. Ова е пресудата што му попречи да стане премиер по победата на социјалдемократите на изборите во декември лани. Инаку, повлечената уредба предвидуваше

злоупотребата на службена положба со која државата е оштетена за помалку од 200.000 леи (околу 44.000 евра), да биде декриминализирана. Предвидената санкција за злоупотреба на власта требаше да се намали (со уредбата) од меѓу 2 и 7 години затвор, на меѓу 6 месеци и 2 години или парична казна. Кабинетот на Гриндеану оваа уредба ја одобри „скришум“, десетина дена откако беше предложена - соодветна точка воопшто немаше на објавениот дневен ред на владината седница (на која беше одобрена уредбата). И оваа уредба главно ќе му завршеше работа на Драгна, против кој во моментов се води случај за корупција. Обвинет е дека го искористил своето влијание за да обезбеди државни плати за двајца луѓе кои работеле во неговата партија. Сето ова доведе до невидени протести во Романија, по кои Гриндеану, во саботата вечерта беше принуден на вонредна пресконференција да соопшти дека Владата ќе ја повлече вонредната уредба, зашто, како што рече, „не сакам Романија да биде поделена на два дела“. Промената на ставот на Владата дојде по пет дена последователни масовни протести во Букурешт и во други големи градови во

државата. Најпрво кабинетот на Гриндеану ги игнорираше протестите, а премиерот и лидерот на романските социјалдемократи, Драгна, го обвинија претседателот на државата, Клаус Јоханис (кој учествува на протестите), дека шири „лаги и дезинформации“, а протестантите ги нарекоа хулигани.

Колкава е цената за бизнисот од обидот да се спасат корумпираните политичари?

Против одлуката на Владата за спорната уредба застанаа бизнис организации од Романија и Европската комисија, а осуди дојдоа од сите светски демократски адреси. Заменик-претседателот на ЕК, Франс Тимерманс, ја предупреди официјална Романија дека може да и бидат запрени средствата од фондовите на Европската унија. САД, Белгија, Канада, Франција, Германија и Холандија, испратија заедничко писмо до кабинетот на Гриндеану, во кое се вели дека потезите на романската Влада го поткопуваат напредокот на државата, и дури може да му наштетат на партнерството со ЕУ и со НАТО. Од романската бизнис заедница излегоа со став дека социјалната напнатост, но особено несигурноста во областа на владеењето на

COFACE: РОМАНИЈА МОЖЕ ДА ЗАГУБИ 100 МИЛИОНИ ЕВРА ИНВЕСТИЦИИ


РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ: 21 ФЕВРУАРИ 2017

ИНСТИТУТ КОНЦЕПТ ОРГАНИЗИРА ЕДНОДНЕВЕН СЕМИНАР ЗА:

ОБВРСКИ КОИ СЕ ЈАВУВААТ ПРИ КОРИСТЕЊЕ НА РУДАРСКА ТЕХНИЧКА ОПРЕМА И ЗАКОНОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА l 23 февруари 2017 година l 10:00-15:30 часот Институт Концепт, Скопје

СЕМИНАРОТ МОЖЕ ДА ВИ ПОМОГНЕ: l Да дознаете која е опремата што подлежи на технички

прегледи и за која е потребна употребна дозвола l Кој е начинот и постапката за ставање на техничката опрема во употреба l Кој ги изведува техничките прегледи и периодичните испитувања на рударската техничка опрема

l Која е постапката по добивањето решение за употреба

и доделувањето евиденциски број за рударската техничка опрема l Кои се роковите за целосно завршување на постапката;

l Кои се мерките за безбедност и здравје при работа l Кои се казнените одредби и како да го намалите ризикот

од можни казни.

ЗА КОГО Е НАМЕНЕТ:

Работодавачи, стручни лица за безбедност и здравје при работа, претставници на вработените за безбедност и здравје при работа лица одговорни за механизација во коп, како и претставници од: изведувачи на рударски активности, рудници со површински и рудници со подземен коп, каменоломи, градежни фирми, концесионери, независни правни тела кои вршат испитување на опремата, сервисери на опремата, овластени инспекциски тела и слично. За повеќе информации посетете ја нашата веб страна: www.koncept.com.mk

КОНТАКТ: м-р Ленче Зикова и м-р Ирена Богоевска l e-mail: institut@koncept.com.mk l 02 3128 526 l 070 272 207


www.kapital.mk

Капитал број 902 10.02.2017

40

БАЛКАН БИЗНИС И ПОЛИТИКА

правото ги тераат странските инвеститори да ги одложуваат своите долгорочни планови во државата или да си бараат други пазари. Од Германско-романската трговско-индустриска комора изјавија дека промените во Кривичниот законик им праќаат лош сигнал на германските инвеститори и оти ерозијата на владеењето на правото ќе има „уривачки ефекти врз романската економија“. Со слична порака излегоа и од Американската трговска комора на Романија, од каде што предупредија дека „нетранспарентниот начин на воведување на промените... праќа лоши сигнали како во државата, така и надвор“. Загриженост поради уредбата на романската Влада изразија и од Советот на странски инвеститори, како и од Конкордија, што е една од најголемите организации на работодавачите во државата, со над 500 членови, кои вработуваат над 275 илјади луѓе. Директорот на романската експозитура на француската осигурителна компанија на извозни кредити, Coface, Јанко Гуда, изјави дека еден од фондовите што планирале инвестиции од над 100 милиони евра во Романија оваа година, ги откажал своите проекти.

МИНИСТЕРОТ КОЈ СИ ДАДЕ ОСТАВКА: КАКО ЌЕ ГИ ПОГЛЕДНАМ МОИТЕ ДЕЦА ВО ОЧИ? Романскиот министер за економија, трговија и претприемништво Флорин Јиану уште додека траеа пртестите преку својот Фејсбук профил ja објави својата оставка, објаснувајќи дека тоа е етички потег кој морал да го направи. “Оставката ја давам не да ја докажам мојата профсионална чесност. Мојата совест е чиста во тој поглед. Ова го правам за моите деца. Како ќе ги погледнам моите деца во очи и што ќе им кажам? Дали ќе треба да им кажам дека нивниот татко бил кукавица и поддршувал акции во кои не верува или дека одлучил да си замине од приказната во која тој не се наоѓал?”, напиша министерот Јиану, според кој Романија не го заслужува ова што и се случува.

„Во светлината на последниот развој на настаните во државата, добивме повици од неколку меѓународни инвестициски фондови што ги изразија своите

НИЕ СМЕ ВРСКАТА СО СИТЕ ДЕЛОВНИ ПОДАТОЦИ КОИ ВИ СЕ ПОТРЕБНИ

#1

ЗА БИЗНИС ИНФОРМАЦИИ

ЗА ПАМЕТНИ ДЕЛОВНИ ОДЛУКИ!

02 / 3117 100 info@targetgroup.mk www.targetgroup.mk

стравувања во однос на отсуството на стабилност, што може да доведе до запирање на проекти“, изјави Гуда во интервју. nnn



www.kapital.mk

Капитал број 902 10.02.2017

42

СВЕТ БИЗНИС И ПОЛИТИКА

ВОЈНАТА ПОМЕЃУ КРИТИЧАРИТЕ И ПОДРЖУВ

КОРПОРАТИВН НА ЛИНИЈА

Д

Десетина компании во изминатиот период се најдоа на црвената линија на војната помеѓу поддржувачите и критичарите на американскиот претседател Доналд Трамп. Критичарите на Трамп бараат од луѓето да престанат да купуваат во продавниците кои продаваат производи кои се поврзани со

семејството Трамп, но и од оние компании чии бизнис лидери на било каков начин ја поддржуваат администарцијата на новиот американски престедател. Многу компаниии како Budweiser и Coca Cola го искористија најгледниот спортски настан Super Bowl кој се одржа минатата недела и кој е гледан од над 100 милиони луѓе за преку рекламите да се брендираат себеси дека се против националистичката агенда на Трамп кон имиграцијата и трговијата. Од друга страна, пак, поддржувачите на Трамп се закануваат дека ќе престанат да купуваат од компаниите кои ќе потклекнат на притисоците кои ги прават критичарите на Трамп. Притисоците одат дури дотаму што оние

бизнис лидери кои прифатиле да членуваат во советодавното тело на Трамп се соочуваат со притисоци да се повлечат, со обвинување дека така ги поддржуваат политиките на Трамп, во спротивно ќе се соочаат со бојкот на нивните поизводи и услуги. Бесот во корпоративна Америка го предизвика контроверзната одлука на Трамп да го забрани влезот на мигранти од седум земји со муслиманско мнозинство, кое предизвика хаос во патувањата, но и усложнување на нормалното функционирање на многу американски компании. Трамп минатата недела се сретна со главните извршни директори на некои од најголемите американски компании во САД, но средбата помина под притисок на

АНАЛИЗА: НАД ПОЛОВИНА ОД СТАРТАПИТЕ ВО САД


www.kapital.mk

Капитал број 902 10.02.2017

43

ВАЧИТЕ НА ТРАМП СЕ ПРЕФРЛА ВО БИЗНИСОТ

ВНА АМЕРИКА А НА ОГНОТ јавноста дека бизнис заедницата мора да застане против оваа контроврезна одлука на Трамп. Многу бизнис лидери беа затекнати и ставени во чудна ситуација да одбираат помеѓу политички се поактивните потрошувачи и Белата куќа. “Ова на многу начини е непозната територија за американските компании кои се соочени со многу тешки одлуки, бидејќи никогаш не биле доведени во ваква ситуација да избираат помеѓу Белата куќа и потрошувачите”, вели Ненси Коен, професор на Харвард Униерзитетот и експерт за корпоративно однесување. Сега откако линијата на битката е исцртана, извршните директори на американските

компании ризикуваат да бидат фатени во стапица помеѓу Белата куќа и потрошувачите кои се подготвени да гласаат со нивните паричници.

Бизнис лидерите под притисок да одберат страна

Наместо во медиумите да се зборува за што се разговарала на петочната средба на Трамп со водечките бизнис лидери, најгласно одекна одлуката на Тревис Каланик, извршниот директор на Uber да го напушти советодавниот бизнис форум на претседателот. Каланик еден ден пред средбата јавно изјави дека нема повеќе да учествува во работењето на ова советодавно тело, а главната причина за

Д СЕ ОСНОВАНИ ОД ИМИГРАНТИ

неговата одлука е притисокот кој Uber го има од клиентите кои не го поддржуваат Трамп, посебно оние кои се против одлуката за забрана за влез на мигранти од седум земји во САД. Против компанијата Uber во изминативе десетина дена се покрена вистинска војна на социјалните мрежи со повици за бојкот на нејзините услуги, во која над 2.000 клиенти ги избришаа своите сметки во Uber, а минатата недела апликацијата на конкурентската Lyft беше посимнувана на мобилните уреди. Покрај Каланик и други извршни директори кои членуваат во ова советодавно тело се соочија со притисоци од нивните вработени и потрошувачи во знак на протест против одлуките на админстрацијата на Трамп.


www.kapital.mk

Капитал број 902 10.02.2017

44

СВЕТ БИЗНИС И ПОЛИТИКА Многу компаниии како Budweiser и Coca Cola го искористија најгледниот спортски настан Super Bowl кој се одржа минатата недела и кој е гледан од над 100 милиони луѓе за преку рекламите да се брендираат себеси дека се против националистичката агенда на Трамп кон имиграцијата и трговијата. За разлика од ова лудило на поделеност кое се наметнува во општеството, иноваторот и бизнисмен Илон Маск одлучи да ја задржи присебноста. И покрај заканите кои ги добил и најавите за откажување на нарачки за новиот модел на Tesla автомобили, Маск е уверен дека не треба да го откаже неговото учество во советодaвниот форум на Трамп. Тревис Каланик, извршниот директор на Uber го напушти советодавниот бизнис форум на претседателот, а главната причина за неговата одлука е притисокот кој Uber го има од клиентите кои не го поддржуваат Трамп, посебно оние кои се против одлуката за забрана за влез на мигранти од седум земји во САД.

За разлика од ова лудило на поделеност кое се наметнува во општеството, иноваторот и бизнисмен Илон Маск одлучи да ја задржи присебноста. И покрај заканите кои ги добил и најавите за откажување на нарачки за новиот модел на Tesla автомобили, Маск е уверен дека не треба да го откаже неговото учество во советодaвниот форум на Трамп. Маск, основачот на Tesla Motors и SpaceX ја одби оваа логика со објаснување: “Советодавните одбори едноставно обезбедуваат совети и посетувањето на овие средби не значи дека се согласувам со акциите на администрацијата. Ја разбирам перспективата на оние кои имаат забелешка на моето присустви во овие совети, но верувам дека во ова време ангажирањето на критични прашања ќе биде во интерес на некои поголеми добри работи”, изјави Маск во соопштението до јавноста.

На левичарските активисти сега се чини им се на ред Disney и Pepsi, чии извршни директори се членови на советодавниот бизнис форум на Трамп. “Овие врски ја поддршуваат администрацијата која се обидува да ни ги одземе постигнатата слобода и прогрес на нашето општество”. вели Рашад Робинсон, директор на организацијата Color of Change.

Бесот на корпоративна Аерика

Голем број бизнис лидери го подигнаа својот глас против одредбата на Трамп со која привремено се забрани влез во САД за луѓе од седум земји, со муслиманско мнозинство, но најгласни засега се технолошкиоте компании. Тие најотворено застанаа против одлуката на Трамп да забрани влез за мигранти не неколку земји. На чело на ова движење застанаа и големите технолошките

гиганти како Google и Facebook. Само неколку часови по донесувањето на одлуката од страна на Трамп, извшните директори на Apple, Facebook, Google и Uber доставија дописи до нивните вработени во кои им изразија поддршка на сите оние кои биле погодени од оваа забрана за слободно патување, нагласувајќи ја нивната политика која е целосно спротивнаод она што го прави Трамп. Технолошките компании се всушност најоштетени од ваквата одлука која предивика пречки во патувањата на нивните вработени на краток рок, но и на долг рок заради можноста на нив да се гледа како место на кое не се добредојдени високо едуцираните, најпрогресивните потрошувачи и работници. Токму затоа околу 100 компании, меѓу кои и најголемите технолошки компании во САД како Apple, Google, Microsoft, Facebook,


They say diamonds are forever… and so is an MBA!

Enjoy the most Valuable classroom experience – real life Harvard Business School case studies, business simulations and participant centered learning that enhance your strategic decisionmaking skills and critical thinking

a Rare opportunity to learn alongside esteemed professionals in order to build an extensive and exclusive network of useful contacts which could lead to new business opportunities The most Desirable and sought after degree in the world by employers, entrepreneurs and future leaders

World-class curriculum that applies a global outlook on current issues, taught by international faculty from top –tier schools with a rich portfolio of expertise

A brilliant cut to fit your demanding work schedule and maintain your work – life balance, giving you more flexibility to acquire the skills and experiences to fulfil your career objectives

Access to the Highest Quality internationally accredited degree by the Accreditation Council for Business Schools and Programs (USA) created as a combination of European and American educational standards

So don't lose a diamond, while chasing glitter! Enroll at the UACS MBA program! За повеќе информации: Бул. Трета македонска бригада бр. 60, 1000 Скопје Телефон: + 389 (0) 2 2463 156; 2463 159 Е-пошта: graduate@uacs.edu.mk

www.uacs.edu.mk

UACS SKOPJE

UACSKOPJE

YOUTUBE.COM/USER/UACSKOPJE

UACSKOPJE


www.kapital.mk

Капитал број 902 10.02.2017

46

СВЕТ БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Netfliks и други, поднесоа тужба против оваа уредба на Трамп. Тие тврдат дека оваа уредба е штетна за работењето на американските компании и потенцираат дека имигрантите или нивните потомци се основачи на 200 до 500 најуспешни компании во САД. Според анализата на Националната фондација за американска политика, нешто повеќе од половина од стартапите во САД, чија вредност се проценува на повеќе од 1 милијарда долари, се основани од имигранти. Одлуката на Трамп наиде на критики од компании и од други дејности. Од автомобилската компанија Ford изјавија дека ваквата политика е против основните вредности на компанијата. “Почитување за сите луѓе е една од основните вреднсоти на Ford Motor Company и ние сме горди на богатата разноликост во нашата компанија во САД и низ целиот свет. Токму затоа ние не ја поддржуваме оваа политика или било која друга која е против вредностите на нашата компанија”, изјави Марк Филдс, извршен претседател на Ford. Очигледно, корпоративна Америка ќе мора да најде начин да се бори против поделеноста во општеството. На една страна се потрошувачите и инвеститорите кои се спротивставуваат на тврдите политики на Трам и на друга страна се оние кои ги подржуваат неговата политика на цврста рака. Бизнис лидерите, пак, ќе треба да најдат начин како да не го одбијат Трамп на понудената рака да бидат дел од бизнис елитатат која ќе трба да го советува, а сепак да останат на своите вредности и да им удоволат на нивните клиенти и потрошувачи.

Намалувањето на даноците приоритет број 1

Во Форумот за стратегии и политики кој го формираше Доналд Трамп членуваат некои од најзвучните имиња во корпоративна Америка, меѓу кои Стивен Шварцман, извршен директор на инвестицискиот фонд Blackstone, Џејми Дајмон, директорот на JP Morgan, извршните директори на JP Morgan, Боб Игер, директорот на Disney, Мари Бара, извршен директор на General Motors, извршните директори на BlackRock, Boeing... “Најдобри и најпаметни”, вака Трамп ги нарече членовите во неговиот Форум, од кои како што вели сака да ги слушне размислувањата за оданочување, регулација и создавање на нови работни места.

Корпоративна Америка ќе мора да најде начин да се бори против поделеноста во општеството. На една страна се потрошувачите и инвеститорите кои се спротивставуваат на тврдите политики на Трам и на друга страна се оние кои ги подржуваат неговата политика на цврста рака. Бизнис лидерите, пак, ќе треба да најдат начин како да не го одбијат предлогот на претседателот Трамп да бидат дел од бизнис елитата која ќе треба да го советува, а сепак да останат на своите вредности и да им удоволат на политички актините клиентите и потрошувачи.

“Ги враќаме работните места, ги намалуваме даноците, се ослободуваме од вишокот на регулации и пред нас се навистина возбудливи времиња”, порача Трамп на средбата со бизнис лидерите во петокот, најавувајќи им дека неговата администрација многу скоро ќе излезе со конкретни закони кои се однесуваат на оданочувањето и здравствената заштита. Трамп планира да има средби со бизнис лидерите на месечна или тримесечна основа на кои ќе се разговара за важни економски и бизнис теми. Џек Велч, поранешенизвршен диркетор на General Electric по средбата со Трамп во Белата куќа изјав дека средбата била одлична и дека претседателот силно се ангажирал околу секоја од темите кои биле поставени. Стив Шварцман, извршниот директор на инвестицискиот фонд Blackstone и претседател на советодавниот форум смета дека средбата поминала во интелектуален дух и дека имале балансирани дискусии за даноците, трговијата, инфраструктурата,

учеството на жените, едукација и најважното, како да се создадат повеќе работни места. Сите големи компании се зад Трамп во неговите ветувања да ги намали даноците. Но, прашањето е сега како да се направи тоа без да се предизвикаат поголеми пореметувања на пазарот. Планот на Трамп за намалување не е поддржан целосно од Репбликанците, но и од многуголеми трговци кои сметаат дека тоа ќе ги зголеми цените на производите за крајните потрошувачи. Повеќето Републиканци сметаат дека реформата на даночниот систем и намалувањето мора да биде топ приоритет на администрацијата на Трамп, но признаваат дека менувањето на потребната регулатива би можело да потрае до крајот на 2017 година. Неодамна, Трамп имаше посебна средба со домашните автомобилски производители Ford, GM и Fiat Chrysler на која што се разговарало како да се намалат регулациите за оваа индустрија со цел полесно да се произведуваат и продаваат автомобили во САД. nnn


www.kapital.mk

Капитал број 902 10.02.2017

БИЗНИС ТРЕНДОВИ

2016 Кина САД Индија Јапонија Германија Русија Бразил Индонезија Обединето Кралство Франција

47

2050 1 2 3 4 5 6 7 8

Кина Индија САД Индонезија Бразил Русија Мексико Јапонија

1 2 3 4 5 6 7 8

9

Германија

9

10

Обединето Кралство

10

ПРОГНОЗИ НА PWC ЗА ГЛОБАЛНИОТ РАЗВОЈ НА ЕКОНОМИЈАТА ДО 2050 ГОДИНА

КИНА НАЈГОЛЕМА СВЕТСКА ЕКОНОМИЈА САД ТРЕТА, ПОСЛЕ ИНДИЈА

Светската економија до 2050 година би можела да ја удвои својата големина, под

претпо-ставка на успешни мерки за нејзино поттикнување и изостанок на поголеми глобални катастрофи. Двигател на процесот ќе бидат пазарите и државите во развој, како Бразил, Кина, Индија, Индонезија, Мексико, Русија и Турција (Е-7), кои ќе растат со годишно темпо од околу 3,5%

К

Кина до 2050 година би требало да стане најголема светска економија, додека САД би можеле да заостанат и зад Индија, се проценува во најновото истражување на консултантската компанија PricewaterhouseCoopers (PwC). Светската економија до 2050 година би можела да ја удвои својата големина, под претпоставка на успешни мерки за нејзино поттикнување и изостанок на поголеми глобални катастрофи, проценува PwC во извештајот именуван „Светот во 2050: долгорочна прогноза: како ќе се промени сликата на светскиот економски поредок до 2050 година?“. Двигател на ваквиот развој во голема мера ќе бидат пазарите и државите во развој, како Бразил, Кина, Индија, Индонезија, Мексико, Русија и Турција (Е-7), кои ќе растат со годишно темпо од околу 3,5% во следните 33 години. За споредба, кај државите од Г-7 – Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија, Велика Британија и САД, просечното темпо

на раст ќе биде само околу 1,6%. Главниот економист на PwC, кој е и еден од авторите на извештајот, Џон Хоксворт, вели: „Ќе продолжиме да гледаме како глобалната економска сила се пренасочува од развиените економии кон економиите во развој во Азија и на други места. Е-7 ќе прави речиси 50% од светскиот БДП до 2050 година, а делот на Г-7 ќе се намали до малку над 20%“. На листата од 32 земји, базирана на проценката на бруто домашниот производ според паритетот на куповната моќ, првото место и припаѓа на Кина со проценет БДП во 2050 од 58.500 милијарди долари и петина удел во светската економија. Следи Индија со БДП поголем од 44.000 милијарди долари, додека трети се САД со проценета вредност од 34.100 милијарди долари. На четвртото место според извештајот на PwC ќе биде Индонезија со проценет БДП од 10.502 милијарди; на петтото Бразил со 7.540 милијарди, а на шестото Русија со 7.131 милијарди долари. Од европските економии Германија е на деветтото место со проценета вредност

на БДП во 2050 година од 6.138 милијарди долари. Уделот на ЕУ-27, без Велика Британија, во светскиот БДП би можел да се намали под нивото од 10%, со што би бил помал од оној на Индија. Како што беше кажано погоре, економиите во фаза на развој би требало во идните триесетина години да бидат мотор на растот на светската економија и до 2050 година да прават скоро половина од неа, во однос на сегашните 35%. Ова е еден од клучните наоди на извештајот на PwC. До 2050 година Индонезија и Мексико ќе станат економски поголеми од Јапонија, Германија, Велика Британија или Франција, а Турција ќе ја надмине Италија. Од гледна точка на растот, Виетнам, Индија и Бангладеш може да се покажат како најбрзо растечки економии до 2050 година, со просечен раст од околу 5% годишно. Меѓу 27-те земји од ЕУ најсилен раст се очекува од Полска, а Британија има потенцијал да расте посилно од Унијата откако ќе ги преболи преодните последици од Брегзитот. nnn

PWC: Е-7 ЌЕ ПРАВИ РЕЧИСИ 50% ОД СВЕТСКИОТ БДП ДО 2050 ГОДИНА


www.kapital.mk

Капитал број 902 10.02.2017

С 48

STARTUP

Сигурно дека ако имате бизнис ангел ент узијаст во бордот, кој е желен да обезбеди навремено финансиско вбризгување за да го осигури успехот, треба да значи дека стапките на неуспех, т.е оние кои ќе го остават бизнис ангелот без пари доаѓаат до фазата на излез и треба статистички да бидат на подобрата страна. Сепак, ова очигледно не е така. Во идеален свет претприемачите и бизнис ангелите се создадени едни за други, вистинско поврзување направено во “рајот“. Едноставно кажано, најчесто старт – ап компаниите имаат потреба од пари и ако изгледа како добра идеја, повеќето ангели инвеститори во потрага по нови можности се желни да ги снабдат – и да направат пристоен поврат за пет години или можеби помалку. Идеално, претприемачот ги добива своите пари, основа одржлив бизнис и ангел инвеститорот јава кон профитот - зајдисонцето спремен да го финансира следниот потфат. Но, животот не е така едноставен. Добрите односи се од суштинско значење за стабилноста и успехот на бизнисот. Односите не мора да бидат цело време срдечни, дебатите и алтернативните гледни точки се здрави и можат да бидат продуктивни, но како и во сите односи во животот, одредени елементи мора да бидат на место со цел да се осигури дека односите нема да се заплеткаат и дека нема да станат деструктивни. Додека некои бизнис ангели ќе гледаат повеќе на структурите на бизнисот и идеите и иновациите што тие бизниси ги носат на пазарот, би било грешка да се игнорира важноста на поединците кои го водат бизнисот – менаџмент тимот и лицето/ личностите што ги предводи/предводат нив. Најуспешните инвеститори треба да платат прилично големи износи во два или три бизниси за кои што знаат нешто и чиј менаџмент е доверлив, барем тоа е она што најостроумните инвеститори би го препорачале.

Не сите ангели инвеститори се претприемачи

Не е лесно да се дознае дали менаџерите на бизнисот во кој инвестирате се доверливи. Прво мора да се воспостават односи. Често, зборуваме за односи како постоење на правилна хемија и тоа е од суштинско значење за ангел инвеститорот да ја почувствува таа хемија кога ќе се сретне со претприемачот каде што сака да инвестира во наредните четири, пет или можеби повеќе години.

ДАЛИ Е ТОА ПАР СПОЕН НА “НЕБОТО“? Повеќе од половина од инвестициите на бизнис ангелите не успеваат, но зошто? Колку од тоа може да се препише на вродената ранливост на старт – ап бизнисите? Тоа не е лесна задача. Не сите ангели инвеститори се претприемачи и многу претприемачи ги немаат правилните инстинкти или идеи за да го направат нивниот бизнис успешен дури и со помош на инвестиции. Секогаш можат да постојат јазови во годините и искуството помеѓу бизнис ангелот и претприемачот. На пример, амбициозна 18-годишна личност штотуку излезена од училиште, полна со идеи и ентузијазам. Бизнис ангелот кој инвестира во бизнисот може има богато искуство кое ќе го понуди, но дали тој/таа ќе биде способен да го пренесе тоа знаење, како и пари, за да се обезбеди успешна иднина? Може да има јазови во годините и разбирањето, како и во искуството. Доколку и ангел инвеститорот и претприемачот имаат недостиг на потребното искуство за започнување и развој на бизнис, односите може за двете страни да се претворат во долго пронаоѓачко патување, кое потоа може турбулентно да се заплетка. Без разлика колку пари се инвестирани, барем едната страна треба

да знае како најдобро да ги употреби, а и двајцата, инвеститорот и претприемачот, треба да бидат способни да работат заедно и да имаат усогласени интереси со цел да се постигне успех и позитивен поврат на инвестициите. Инвестирањето премногу пари прерано може да биде погубно за старт – ап бизнисот, особено кога на претприемачот може да му недостига фокус или кога е склон кон преземање ризици со вашите пари. Ова нè враќа назад на темата за односите, едноставно кажано, улогата на бизнис ангелот не е само да инвестира пари, туку и да додаде вредност. Според тоа, за да успеат односите, претприемачот мора да биде флексибилен, да сака да работи под менторство, да работи како дел од тим и да биде штедлив со парите кои му/и се на располагање. Работењето според овие совети треба да обезбеди дека барем (колку што дозволуваат пазарните сили) бизнисот ќе биде тој што не успева, а не бизнис односите. nnn


РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ: 10 ФЕВРУАРИ 2017

ИНСТИТУТ КОНЦЕПТ ОРГАНИЗИРА ЕДНОДНЕВЕН СЕМИНАР ЗА:

ИПА ФОНДОВИ 5 КОМПОНЕНТА - ИПАРД 2 ВО ПРОГРАМАТА ЗА РУРАЛЕН РАЗВОЈ 2014 - 2020 ОД ИНСТРУМЕНТОТ ЗА ПРЕДПРИСТАПНА ПОМОШ СЕ ПРЕДВИДЕНИ 79 МИЛИОНИ 623 ИЛЈАДИ 529 ЕВРА КАКО ЈАВНА ПОМОШ ЗА ПЕТАТТА КОМПОНЕНТА ИПАРД 2 (ЈАВНИОТ ПОВИК Е ВО ТЕК НА МЕСЕЦ ФЕВРУАРИ 2017)

l 14 февруари 2017 година (вторник) l 09:00-16:00 часот Институт Концепт, Скопје Новата програма за апликација за финасиски средства од ИПАРД 2 има посебни можности за развој и започнување на различни дејности во Р. Македонија. На овој семинар ќе имате можност да се информирате за равој на бизнис идејата во проект, да стекнете вештини за подготовка и менаџирање со проект финасиран од ИПА, ќе добиете знаење за ефикасна подготовка на документација потребна за одобрување на ИПАРД проектите.

ЗА КОГО Е НАМЕНEТ ОВОЈ СЕМИНАР: l овој семинар е наменет за сите

заинтересирани физички и правни лица кои сакаат да се запознаат со програмата ИПАРД 2, кои имаат идеја и планираат да започнат бизнис, но немаат информации или пристап до финасии

l за овој семинар не се потребни претходни

ПРЕДАВАЧ:

ИНЖ. MАРИЈА ВАСКОВА сертифициран тренер за ИПАРД

Фондови, акредитиран советник за специјалистички совети при АППРМ – Министерство за економија и сопственик на консултанска фирма за финансико - правен консалтинг.

вештини во пишување на проекти

l за правни лица препорачливо е да бидат

присутни менаџери или нивни заменици кои би го раководеле процесот на аплицирање

За повеќе информации посетете ја нашата веб страна: www.koncept.com.mk

КОНТАКТ: м-р Ленче Зикова и м-р Бојана Делидинкова le-mail: institut@koncept.com.mk l02 3128 526 l070 272 207

НА

ИЧ

9 7.9

Н АЗ ПР

н

НА ЦЕ

9де

жи ва 6 ата .201 7 нуд 12 01 по 01. 1.2 од 31.0 до

ЛАСЕРСКА ЕПИЛАЦИЈА НА ЦЕЛИ НОЗЕ

Скопје +389 2 / 321 66 08 www.ancevski.com.mk ancevski@laserlab.com.mk facebook.com / Ординација Д-р Анчевски

Сакајте ја Вашата к жа


www.kapital.mk

Капитал број 902 10.02.2017

50

ЛИДЕРИ

ПЈЕР ОМИДИЈАР ОСНОВАЧОТ НА EBAY

АКО ИМ ДАДЕТЕ НА ЛУЃЕТО ПРИЛИКА ДА ЈА НАПРАВАТ ВИСТИНСКАТА РАБОТА, РЕТКО ЌЕ БИДЕТЕ РАЗОЧАРАНИ

Р

Роден во Франција, од родители интелектуалци имигранти од Иран, потоа преселен и школуван во САД, Омидијар користејќи ги своите програмерски вештини и образование, го формира онлајн аукцискиот сајт AuctionWeb во 1995 година. Две години подоцна вебсајтот го добива името eBay, бројката на

Господине претседател, погледнете се во огледало: кога тоа Америка стана земја од која се бега и се бара азил? Свиркачите (whistleblowers) не се шпиони.

Верувајте, никогаш нема да станете милионери ако основната идеја да почнете со стартап ви е таа. Најважно е да сакате нешто да промените, да решите некој проблем на нов начин, да им дадете нова вредност на луѓето.

Не дозволувајте луѓето што ги почитувате и имате доверба во нив да ви кажуваат дека нешто не може да биде направено, затоа што тие често ќе ви го кажуваат тоа, едноставно, затоа што самите немаат храброст да се обидат.

Долгорочна одржлива промена се случува кога луѓето ќе ја откријат својата сопствена моќ.

Ќе знаете дека сте успеале ако платформата што сте ја изградиле ве служи на неочекуван начин.

Ако им дадете на луѓето прилика да ја направат вистинската работа, ретко ќе бидете разочарани.

Ако не сте се обиделе некој бизнис и не сте пропаднале, и всушност научиле нешто од тој неуспех, тогаш зошто би сакал јас да работам со вас?

корисници почнува да се брои во милиони, a Омидијар станува милијардер на 31 година во 1998-та, кога eBay излегува на берза. Од 2004-та наваму Омидијар е вклучен во филантропски активности преку својата фондација, а активен поддржувач е на слободата на говор и истражувачкото новинарство.

Верувам дека бизнисот може да биде алатка за општествено добро.




Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.