903 kapital magazin

Page 1

ПОЛИТИКА СИТЕ ЧЕКААТ ВЛАДА, САМО ВМРО ИЗБОРИ!

РЕГУЛАТОРНИ АГЕНЦИИ: КОИ СЕ ЛУЃЕТО КОИ ЈА РЕГУЛИРААТ ЕКОНОМИЈАТА?

ИНТЕРВЈУ: ЕМИЛИЈА СПИРОВСКА ПРОКРЕДИТ БАНКА

ПОЛЕСЕН ПРИСТАП ДО КРЕДИТИ ЗА МАЛИ И СРЕДНИ КОМПАНИИ

Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

WWW.KAPITAL.MK

COVER STORY

КОЛКУ РАБОТНИ МЕСТА ОТВОРИЈА СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИЦИИ?

ПОВЕЌЕ РАБОТНИ МЕСТА ВО НАЈАВА, ПОМАЛКУ ВО ФАБРИКИТЕ

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

ИДНИНАТА НА ПЛАЌАЊАТА:

ПЛАТЕЖНИ КАРТИЧКИ

АНАЛИЗА НА НАЈНОВИТЕ ТРЕНДОВИ ВО ДОМАШНАТА КАРТИЧНА ИНДУСТРИЈА

КОЛКУ, КАКО И ЗОШТО СЕ КОРИСТИ “ПЛАСТИКАТА“ ВО МАКЕДОНИЈА

4 НОВИ ТЕХНОЛОГИИ ВО СВЕТОТ

ГИ ПРЕТСТАВУВАМЕ НАЈНОВИТЕ КАРТИЧНИ ПРОДУКТИ НА БАНКИТЕ ВО ЗЕМЈАВА

INTERVIEW

ЕМИЛИЈА СПИРОВСКА член на УО на ПроКредит Македонија ПОЛЕСЕН ПРИСТАП ДО КРЕДИТИ

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

ОНЛАЈН ТРГОВИЈАТА РАСТЕ, НО ИМА УШТЕ “ЛЕБ ЗА ЈАДЕЊЕ“:

МАКЕДОНЦИТЕ ТРОШАТ 2,5 ПАТИ ПОВЕЌЕ ПАРИ НА СТРАНСКИТЕ ИНТЕРНЕТ САЈТОВИ

ПЛАТЕЖНИ КАРТИЧКИ АНАЛИЗА НА НАЈНОВИТЕ ТРЕНДОВИ ВО МАКЕДОНСКАТА КАРТИЧНА ИНДУСТРИЈА

БРОЈ 903 | ЦЕНА 100 ДЕН. 17 ФЕВРУАРИ 2017 | ПЕТОК | ГОДИНА 18

МАСК: ЛУЃЕТО ТРЕБА ДА СТАНАТ КИБОРЗИ



3

Капитал број 903 17.02.2017

СОДРЖИНА

16 04

PROFILE

06

НАВИГАТОР

Сомневањата за руски врски на Трамп остануваат и по заминувањето на Флин Словенечкиот премиер Миро Церар потврди: Нова Љубљанска банка ќе се продаде до крајот на 2017 година

08

COVER STORY

16

АНАЛИЗА

Колку работни места отворија странските инвестиции?

22

27

ПОЛИТИКА

Едвај 4% од тоа што се плаќа со картичка кај домашни трговци е онлајн n Иднината на плаќањата Четири светски трендови n

„Потребно е уште време“ на Хан, не исклучува „неопходност од што поскоро формирање влада“ Колку Ахмети ќе ја одложува одлуката што „ќе произведе стабилност и ќе нуди гаранции за реформи“?

50

ТЕХНОЛОГИЈА

54

ЛИДЕРИ

ПЛАТЕЖНИ КАРТИЧКИ n

АНАЛИЗА: Колку, како и зошто се користат картичките во Македонија

INTERVIEW n Емилија Спировска

Кои се луѓето кои го регулираат пазарот во Македонија?

50

42

член на УО на ПроКредит Македонија

Полесен пристап до кредити

Елон Маск предупредува: Луѓето мора да се с ообразат со машините или ќе станат безначајни АРИЈАНА ХАФИНГТОН ко - основач на Huffington Post

Бестрашноста е како мускул. Колку повеќе вежбаш, толку поприродно ти станува да не даваш стравовите да те водат

ЕДЕН ВРЕДИ ЗА ТРОЈЦА

РЕГУЛИРАЧИ

КОМБИНАТОРИКИ

Податоците за бројот на вработени во фабриките на странските инвеститори до крајот на 2016 година, што ги објави Балканската истражувачка репортерска мрежа (БИРН), покажуваат дека се отворени вкупно 20.248 работни места, што е три пати помалку отколку најавениот број. Само 10 странски компании опфатени во ова истражување, отвориле толку работни места колку што ветиле или и повеќе од тоа. Економистите коментираат дека властите мора да водат сметка и да мониторираат дали странските компании ги исполнуваат ветувањата бидејќи некои од нив добиваат државна помош од народни пари и други даночни и царински ослободувања.

Ако се разгледа кој се’ членува во регулаторните тела и агенции може лесно да се дојде до заклучок дека голем е бројот на оние кои имаат или имале блиска врска со владејачката партија, многу од нив истовремено се вработени во државни институции, голем е бројот и на оние кои истовремено се членови во повеќе комисии или се членови во управни или надзорни органи на компании или институции во сопственост на државата, а нивните професионални биографии покажуваат дека кариерата ја граделе исклучиво во министерства или државни институции, каде по правило е многу тешко да се напредува без амин на партијата на власт.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, секако има предвид дека ако направи влада со СДСМ, при што математиката (до мнозинство од 61 пратеник) бара во комбинацијата да влезе барем и Алијансата за Албанците, неговата партија во владата би била заедно со најжестоките конкуренти на локалните избори (Алијансата, а веројатно и БЕСА), кои на изборите на 11 декември сериозно ја начнаа позицијата на владејачката албанска партија. Во зависност од случувањата на локалните избори, не може да се исклучи дека дел од албанските партии во ваквата влада по изборите би сакале да ја урнат истата.

XX Стр.8

XX Стр. 16

XX Стр. 22

Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје l Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31 l П. ФАХ 503, 1000 Скопје l Директор и одговорен уредник: Љупчо Зиков l Печати: Графички центар Скопје, ул. Скупи бб, 1000 Скопје l Тираж: 3.000 примероци l Датум на печатење: 16.02.2017


www.kapital.mk

Капитал број 903 17.02.2017

PROFILE 4

ОСТАВКА НА СОВЕТНИКОТ НА БЕЗБЕДНОСТ ВО БЕЛАТА КУЌА 24 ДЕНА ПО СТАПУВАЊЕТО НА ДОЛЖНОСТ

СОМНЕВАЊАТА ЗА РУСКИ ВРСКИ НА ТРАМП ОСТАНУВААТ И ПО ЗАМИНУВАЊЕТО НА ФЛИН

П

рашањата за врските на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп со Русија тешко дека ќе престанат со оставката на советникот за национална безбедност Мајкл Флин. Во тек се истраги, веројатно ќе има и нови, како од страна на администрацијата, така и од Конгресот. Американските служби, вклучително и ФБИ, ги истражуваа наводите за руско мешање во претседателските избори во 2016 година. А три комисии во Конгресот продолжуваат сопствени истраги, што вклучуваат и

преглед на врските меѓу руски официјални лица и членови на предизборната кампања и на администрацијата на Трамп. Ова не е прв случај во кој Трамп се дистанцира од свој советник по повод врски со Москва. На крајот на август Пол Манафорт поднесе оставка како шеф на кампањата на Трамп откако Асошиејтед прес објави дека негова компанија тајно лобирала во името на поранешната проруска политичка партија во Украина. Њујорк тајмс деновиве објави дека луѓе од кампањата на Трамп, вклучително и Манафорт, многукратно контактирале со официјални лица од руското разузнавање

во годината пред претседателските избори во САД. Во САД знаеле за овие контакти од референци за спроведените телефонски разговори и од записи на прислушувани разговори. За Асошиејтед прес Манафорт изјави дека не бил на распит во ФБИ за овие наводни контакти. „Никогаш не сум зборувал со луѓе, знаејќи дека тие се претставници на руското разузнавање, и никогаш не сум имал ништо со руската Влада, ниту со администрацијата на Путин или со што и да е што се проблематизира и истражува денеска“, рече Манафорт.

СПАЈСЕР: ТРАМП НЕ МУ ДАВАЛ ИНСТРУКЦИИ НА ФЛИ


www.kapital.mk

Капитал број 903 17.02.2017

PROFILE Официјални лица кои анонимно разговарале со новинари на Њујорк тајмс, изјавиле дека тие сè уште не виделе никакви докази за соработка на кампањата на Трамп со Русија во смисла на хакерството или другите обиди да се влијае на американските избори. Личните врски на Трамп со Русија, исто така создадоа прашања во светлината на неговиот пријателски однос кон дамнешниот противник на САД и на неволноста да го критикува претседателот Владимир Путин, дури и по прашањето за руската анексија на Крим. „Овде не станува збор само за промена на политиката кон Русија, како што администрацијата сака да ги претстави работите, туку за она што стои зад таа промена“, изјави конгресменот од Калифорнија, Адам Шиф – најважниот демократ во комисијата за прашањата на разузнавањето на Претставничкиот дом на САД. Според Шиф остануваат отворени куп прашања за врските на кампањата на Трамп со Русија, и дали некој и помогнал на Москва во нејзиното хакерство. „Прашањето не е само дека еден претставник на администрацијата бил фатен во лага. Прашањето е што лажгото е советник на претседателот за национална безбедност. Ова ги прави нештата многу посериозни“, потцртува Шиф. Според администрацијата на поранешниот претседател на САД, Барак Обама, Русија се вмешала во изборите во 2016 година со цел да го помогне изборот на Трамп. Самиот Трамп призна дека Русија ги хакирала меиловите на Демократската партија, но одрекува оти тоа му помогнало да победи на изборите. Овие истраги и многу невообичаеното заминување на советникот за национална безбедност по само 24 дена на функцијата ги поставија републиканците во неблагодарната положба да го ставаат под прашање лидерството во нивната партија. Високо поставени конгресмени републиканци продолжуваат да ги отфрлаат барањата на демократите за создавање независна комисија за „руските“ истраги. Конгресните истраги се во рацете на претседатели републиканци, а истрагите од страна на извршната власт, исто така, се под надзор на луѓе назначени од Трамп. Во вторникот републиканските лидери акцентот го ставија на аргументот дека Флин му премолчил на потпретседателот Мајк Пенс информации за суштината на контактите со рускиот амбасадор, а воопшто не го поставија прашањето за односите меѓу Флин и амбасадорот. Демократите велат дека клучно прашање тука е дали Флин го нарушил демократскиот протокол, а потенцијално и законот, разговарајќи за американските санкции со Москва пред Трамп да стапи на должност. Министерството за правда ја предупреди Белата куќа на крајот на минатиот месец дека Флин може да е под ризик да биде

5

„Прашањето не е само дека еден претставник на администрацијата бил фатен во лага. Прашањето е што лажгото е советник на претседателот за национална безбедност. Ова ги прави нештата многу посериозни“,изјави конгресменот Адам Шиф – најважниот демократ во комисијата за прашањата на разузнавањето на Претставничкиот дом на САД

уценуван поради противречноста меѓу начинот на кој тој јавно ги претставува разговорите со рускиот амбасадор, и она што разузнавачите го знаат за тие разговори. „Не може еден советник за национална безбедност да ги мами потпретседателот и останатите“, изјави претседателот на Претставничкиот дом, републиканецот Пол Рајан. Поранешниот главен истражител на сенатската комисија во однос на разузнавањето, Даниел Џоунс, вели дека е важно Конгресот да ги проучи врските на Флин со Русија, и тоа така што тоа да не попречи на пошироката истрага за мешањето на Русија во изборите во 2016 година. „Ова е прашање на правилен баланс меѓу властите и не треба да се претвора во политичко прашање“, посочи Џоунс. Од друга страна, конгресменот од Калифорнија, Девин Нунес, кој е претседател на комисијата во Претставничкиот дом што се занимава со прашањата поврзани со разузнавањето, вели дека правата на Флин биле нарушени со прислушувањето на неговите разговори со рускиот амбасадор. „Јас сум шокиран што никој не обрнува внимание на вистинскиот престап овде“, изјави Нунес, дополнувајќи дека телефонски разговор на американски граѓанин е пресретнат, а потоа записот „истекува“ во јавноста, во медиумите. ФБИ има широки овластувања да прислушува разговори на објектите на странското разузнавање, вклучително и дипломати, на територијата на САД.

Во писмото со оставката Флин одрекува дека направил нешто погрешно, туку само посочува оти поради невнимание дал непотполна информација на потпретседателот и на останатите во однос на телефонските разговори со рускиот амбасадор. Сенаторот демократ од Орегон, Рон Вајдн, член на комисијата што веќе ја истражува вмешаноста на Русија во изборите 2016 година, смета дека оставката на Флин отвора и други прашања. На пример, вели тој, остануваат без одговор прашањата колку разговори тој фактички имал со Русите и дали други луѓе знаеле за нив. Претседателот на споменатата комисија, сенаторот од Северна Каролина, Ричард Бар, изјави дека голем дел од истрагите (на комисијата) ќе се случуваат зад затворени врати, но Вајдн вели дека ќе настојува сослушувањата и констатациите да станат јавни. Републиканецот Линдзи Грем, кој е на чело на истрагите на сенатската судско-правна поткомисија за мешањето на Русија во изборите во 2016, исто така ги дели стравувањата на Вајдн за тоа дали Флин дејствувал на своја рака, без дадени насоки. Портпаролот на Белата куќа, Шон Спајсер, рече дека Трамп не му давал инструкции на Флин да ги разгледува американските санкции со Русите. „Не, апсолутно не“, подвлече Спајсер. „Мислам дека повеќето Американци имаат право да знаат дали ова била самостојна активност на Флин, или тој зборувал во името на некој друг од Белата куќа“, изјави Грем. nnn

ИН ДА ЗБОРУВА ЗА САНКЦИИТЕ СО РУСИТЕ


www.kapital.mk

Капитал број 903 17.02.2017

6

НАВИГАТОР ИЗЈАВА НА НЕДЕЛАТА

10 МИЛИОНИ ЕВРА ПОДДРШКА

> БРОЈКА

4,4%

повеќе туристи во Македонија имало во декември 2016 во однос на истиот месец претходна година

АЛЕКСАНДАР ВУЧИЌ

премиер на српската Влада

Ја прифатив кандидатурата за претседател само зашто мислам дека е важно да обезбедиме континуитет и стабилност за Србија, што е најважно и не постои жртва што за тоа не би ја ризикувал

Е

вропскиот Инвестициски Фонд (ЕИФ) и три банки од групацијата ПроКредит потпишаа договори за гаранција за поддршка на мали и средни претпријатија (МСП) во Македонија, Србија и Косово. Ова беше овозможено преку Фондот за гаранции за Западен Балкан, финансирано од Европската Унија во рамки на Фондот за развој на претпријатија и иновации на Западен Балкан. Целта на Договорите со Фондот за гаранции за Западен Балкан е да се олесни пристапот

СЛОВЕНЕЧКИОТ ПРЕМИЕР МИРО ЦЕРАР ПОТВРДИ:

НОВА ЉУБЉАНСКА БАНК ПРОДАДЕ ДО КРАЈОТ НА

Обврските на Словенија кон Европската комисија во погледот на Нова Љубљанска банка (NLB) не се променети, целта е продажбата на 75 % од акциите преку иницијалната јавна понуда (IPO) и излистување на акциите на берзата, што би требало да се стори до крајот на 2017 година, изјави во понеделникот словенечкиот министер Миро Церар.

С

о ова словенечкиот премиер Миро Церар одговори на прашањето на пратеничката и поранешна премиерка Аленка Братушек, која во расправата со премиерот тврдеше дека тој и неговата влада пред неколку месеци зборувале дека

приватизацијата на најголемата словенечка банка, која е во државна сопственост, ќе биде одложена, но тоа очигледно не го покренале пред Европската комисија, пренесува агенцијата STA. Словенечката NLB e сопственик на НЛБ Банка Скопје, која е трета по

големина банка во Македонија. Но, засега се уште не е познато дали оваа продажба ќе предизвика и промена на сопствениците на НЛБ Банката во Македонија. Одложувањето на приватизацијата на своите банки, коишто како и NLB, добија државна помош успеа во


www.kapital.mk

Капитал број 903 17.02.2017

7

А ЗА МАЛИ И СРЕДНИ ФИРМИ ОД ПРОКРЕДИТ БАНКА до финансирање за МСП во Македонија, Србија и Косово, со тоа што ќе им се овозможи кредитна покриеност на вкупно 70 милиони евра од кредитните портфолија на трите држави, во текот на следните две години. ПроКредит Банка Македонија ќе пласира 10 милиони евра во договорениот период. Емилија Спировска, член на Управниот Одбор на ПроКредит Македонија, нагласи дека ПроКредит Банка продолжува да дава свој придонес кон економската интеграција и

балансираниот економски развој на земјата, со обезбедување иницијативи и понуди што ќе бидат соодветни на тековните трендови и потреби на бизнисите. „Овој договор ќе им овозможи на бизнисите во Македонија да се фокусираат на инвестиции и долгорочни планови, што е многу значајно, затоа што таквите вложувања придонесуваат кон развојот и создавањето работни места во Македонија, а така се создава вистински напредок“, изјави Емилија Спировска.

> БРОЈКА

483

Бензински станици има во Македонија

лидери

КА ЌЕ СЕ А 2017 ГОДИНА Брисел да го добие италијанската влада, како и некои други членки на ЕУ, а Словенија во тоа доцни, иако станува збор за банка која за Словенија е од витална важност, истакна Братушек. Словенечката влада во 2013 година оваа потклекната банка ја докапитализираше од буџетот на земјата со 1,2 милијарди евра во замена за нејзината приватизација во рок од четири години, што беше најмногу што тогаш можеше да се стори, рече во продолжение на дебатата Братушек, и притоа изрази стравување дека може да се случи таа да мора повторно да се докапитализира од државниот буџет. „Очекуваме дека продажбата на NLB ќе биде изведена така што даночните обврзници нема повторно да бидат оштетени“, одговори премиерот Церар. Министерката за финансии Матеја Враничар Ердман смета дека Словенија од Европската комисија можеби би можела да добие одложување на продажбата, но во тој случај би добила нови услови и веројатно би морала да ги продаде сите акции на банката. Словенечката влада во врска со продажбата на NLB ќе биде и е во постојан контакт со Европската комисија, а во постапките на продажбата ќе води сметка да се добие оптималниот резултат, истакна Ердман. Според процените на словенечките медиуми, ситуацијата на финансискиот пазар за продажба на банките е лоша, па Словенија при продажбата на NLB не може да очекува особено добар резултат. nnn

АНГЕЛА МЕРКЕЛ

Германската економија руши рекорди, 4% раст само во четвртиот квартал

Словенечка NLB е сопственик на третата по големина НЛБ Банка АД Скопје

П

родажбата на словенечката NLБ ќе предизвика и промена на сопствениците на НЛБ Банката во Македонија. Но, хипотетички можно е тоа и да не се случи, во случај Словенците да одлучат да ја задржат сопственоста во некои од банките кои се во групацијата. Инаку, Nova Ljubljanska Banka d.d. Љубљана стана стратешки акционер во НЛБ Банка АД Скопје во 2000 година и поседува 86,97% учество во вкупниот капитал на Банката. НЛБ Банка АД Скопје е една од најуспешните банки во НЛБ Групацијата. НЛБ Банка е трета по големина банка во Македонија со актива од 1,12 милијарди евра. Истовремено, НЛБ Банка АД Скопје заедно со Nova Ljubljanska Banka d.d. Ljubljana е сопственик и основач на Друштвото за управување со пензиски фондови – НЛБ Нов Пензиски Фонд АД Скопје. Последните ревидирани финансиски извештаи покажуваат дека НЛБ Банка 2015 година оствари нето добивка во износ од 13,5 милиони евра или пораст од 23,7% во однос на минатата година и поврат на капиталот од 14,7%. Неревидираните податоци пак покажуваат дека НЛБ Банка во првите девет месеци од 2016 година работела со нето добивка од 18,7 милиони евра, што е раст 43,6% повеќе во споредба со истиот период претходната 2015 година.

ФРАНК-ВАЛТЕР ШТАЈНМАЕР

Социјал-демократот и поранешен министер за надворешни е избран за претседател на Германија.

не им беше неделата

МАЈКЛ ФЛИН

Советникот на Трамп за национална безбедност си поднесе оставка заради неовластени контакти со Русија

АЛЕКСИС ЦИПРАС

Грчкиот премиер тешко се справува со домашните проблеми и со проблемите со странските финансиски институции.


8 COVER STORY COVER STORY: КОЛКУ РАБОТНИ МЕСТ Капитал број 903 17.02.2017

www.kapital.mk

ПОВЕЌЕ РАБОТН МЕСТА ВО НАЈА ПОМАЛКУ ВО ФАБРИКИТЕ Податоците за бројот на вработени во фабриките на странските инвеститори до крајот на 2016 година, што ги објави Балканската истражувачка репортерска мрежа (БИРН), покажуваат дека се отворени вкупно 20.248 работни места, што е три пати помалку отколку најавениот број. Само 10 странски компании опфатени во ова истражување, отвориле толку работни места колку што ветиле или и повеќе од тоа. Економистите коментираат дека властите мора да водат сметка и да мониторираат дали странските компании ги исполнуваат ветувањата бидејќи некои од нив добиваат државна помош од народни пари и други даночни и царински ослободувања.


9 ТА ОТВОРИЈА СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИЦИИ? www.kapital.mk

ТНИ АВА,

Капитал број 903 17.02.2017


www.kapital.mk

Капитал број 903 17.02.2017

10

COVER STORY

Најголеми работодавачи Земја на

Број на вработени

Компанија

Индустрија

потекло

до 2016 година

Дрекслмајер

Автомобилска индустрија

Германија

5.507

Кромберг и Шуберт

Автомобилска индустрија

Германија

3.116

Адиент сеатинг (екс Џонсон контролс)

Текстилна индустрија

САД

1.756

Амфенол

Производство на компјутерски,

САД

1.135

електронски и оптички производи Ван Хоол

Автомобилска индустрија

Белгија

820

Ки Сејфти Системс

Автомобилска индустрија

САД

710

Гентерм

Автомобилска индустрија

САД

691

Џонсон Мети

Автомобилска индустрија

Велика Британија

681

ТАВ

Транспорт и складирање

Турција

576

Алајанс Уан

Тутунска индустрија

Грција

550

Извор: БИРН

пишува:

С

Александар Јанев

aleksandar.janev@kapital.mk

Само 10 странски компании што во последните десет години изградија фабрики во земјава отвориле толку работни места колку што ветиле или и повеќе од тоа, покажуваат податоците за бројот на вработени до крајот на 2016 година, што ги објави Балканската истражувачка мрежа на новинари (БИРН). Останатите странски компании кои што отворија фабрики потфрлиле во бројот на отворени работни места. Дел од нив се уште се во фаза на инвестирање па оттука допрва треба да отворат нови работни места. Според овие податоци, до крајот на минатата година странските компании опфатени во ова истражување отвориле вкупно 20.248 работни места, што е три пати помалку отколку најавениот број. Најголем работодавач меѓу странските инвеститори е Дрекслмајер каде што до 2016 година се вработени вкупно 5.507 луѓе и со тоа германскиот инвеститор во фабриката што ја отвори во индустриската зона Телот кај Кавадарци го надмина бројот на најавени работни места за 1.507. Меѓу другите странски компании кои што

отворија најмногу работни места и ги натфрлија плановите се и Адиент Сеатинг, поранешен Џонсон Контролс кој што во фабриката во ТИРЗ Штип има вработено вкупно 1.756 луѓе, белгискиот производител на автобуси Ван Хоол кој што во фабриката во ТИРЗ Бунарџик има вработено вкупно 820 луѓе, Џонсон Мети со отворени 681 работни места и Алајанс Уан каде што се отворени 550 работни места. Податоците што ги објави БИРН за бројот на вработени, исто така откриваат големи варијации помеѓу 2016 и 2015 година. Поголем дел од инвеститорите што веќе отворија фабрики или пак, се во фаза на реализација на инвестициите, лани го зголемиле бројот на вработени, па така прва на листата е компанијата Кромберг и Шуберт со 851 ново работно место отворени за една година. Потоа следуваат компаниите коишто почнаа со производство во 2016 година – Ки Сејфти Системс со отворени 627 нови работни места за една година, Амфенол со 620, Леар со 437, Гентерм со 346 нови работни места. Меѓутоа, има повеќе странски компании чии фабрики или капацитети веќе работат, а во 2016 сепак го намалиле бројот на вработени. Најмногу работни места скратил ТАВ, и тоа 236, потоа Дрекслмајер каде што се евидентирани 223 помалку работници, Вистеон кој што отпуштил 194 луѓе но оваа компанија го прекина производството во Македонија, Агрофруктис од 152 на само 9 вработени бидејќи според објаснувањето од компанијата, работењето е сведено на минимум, и Продис која што исто така ја затвори фабриката во Бунарџик, од 72 вработени се сведе на 5 луѓе. Економистите велат дека властите мора да водат сметка и да мониторираат дали странските компании ги исполнуваат ветувањата за бројот на отворени работни

места и вредноста на инвестицијата бидејќи тие добиваат државна помош од народни пари. „Државата е должна да проверува дали странските компании што имаат преференцијален статус на инвеститори во слободните зони ги исполнуваат обврските во поглед на големината на инвестицијата или бројот на отворени работни места бидејќи врз основа на тоа тие добиваат субвенции односно државна помош. Доколку странските компании не ги исполниле обврските, мора да бидат санкционирани или во најмала рака да бидат условени да ја добијат државната помош откако ќе се утврди дека ги оствариле ветувањата“, изјави неодамна академикот Абдулменаф Беџети. Властите пак, коментираа дека државната помош на странските компании им се исплатува откако ќе ги исполнат обврските од потпишаните договори, и притоа објаснија дека компаниите за кои што иако има одлука за државна помош, а не изградиле фабрики, не ја добиваат. Иако државната помош што ја одобруваат македонските власти за странските инвеститори што отвораат фабрики во некоја од технолошко индустриските развојни зони е тајна за јавноста, сепак некои пресметки покажуваат дека едно работно место во овие фабрики може да не чини и десетици илјади евра народни пари. Последното истражување на Институтот за општествени и хуманистички науки покажа дека секое новоотворено работно место во анализирани 25 фабрики, ја чинело државата по околу 12.500 евра. За споредба, според еден од советниците во Агенцијата за странски инвестиции на соседна Србија, Алаксандар Милорадовиќ, просечната вредност на државната субвенција што се дава на странските

ФАКТ: ТРИ ПАТИ ПОМАЛКУ РАБОТНИ МЕСТА ОТВОРЕНИ ОД НАЈАВЕНИТЕ



www.kapital.mk

Капитал број 903 17.02.2017

12

COVER STORY

Компании што најавија најмногу вработувања Најавени

Компанија

Статус

Индустрија

Веибо Груп

Нереализирана

Текстилна индустрија

Турција

5.000

Дрекслмајер

Реализирана

Автомобилска индустрија

Германија

4.000

Кромберг и Шуберт

Реализирана

Автомобилска индустрија

Германија

3.500

Леар

Реализирана

Автомобилска индустрија

САД

3.000

Амфенол

Реализирана

САД

2.500

Лимак

Во тек

Градежништво

Турција

2.500

Гентерм

Реализирана

Автомобилска индустрија

САД

2.000

Лакшери Балкан Мол

Нереализирана

Дејности во врска со недвижен имот

Бугарија

2.000

Сахара груп

Нереализирана

Прехранбена индустрија

Индија

2.000

ТАВ

Реализирана

Транспорт и складирање

Турција

1.800

инвеститори изнесува 4.700 евра за секое ново работно место. Сепак, тајноста на податоците за одобрената државна помош за другите инвеститори спречува да се направи детална пресметка за тоа колку во просек плаќаат граѓаните за секое отворено работно место во некоја од фабриките во зоните. Иако сумата за најголем дел од инвеститорите не е позната, се знае дека во обид да ги донесе во „инвестицискиот рај“ како што ја претставува Владата нашата земја, ги

Производство на компјутерски, електронски и оптички производи

ослободува странските инвеститори во индустриските зони од плаќање данок на добивка, ослободени се од плаќање персонален данок на доход за платите на вработените, не плаќаат ДДВ за увоз на репроматеријали, имаат царински олеснувања и ослободувања. Владата им дава до 500 илјади евра за изградба на објект, плаќа дел од платите на вработените и им дава помош за трошоците за обука и усовршување на вработените.

работни места

Потрошени 150 милиони евра за привлекување на инвеститорите

Пресметките од завршните сметки на буџетите во последните десет години, покажаа дека за привлекување на странски инвестиции, од маркетинг и промоција, субвенции, па до изградба на технолошко индустриските развојни зони, властите потрошиле најмалку 148,7 милиони евра. Најголем дел од народните пари за

ПОДАТОК: ДРЕКСЛМАЈЕР Е НАЈГОЛЕМ РАБОТОДАВАЧ СО 5.507 ВРАБОТЕНИ


ГИ ГРАДИМЕ ВАШИТЕ СОНИШТА РАПИД БИЛД е градежна компанија која изведува објекти од секаков вид и тоа: станбени, деловни, индустриски објекти, магистрални гасоводи комплет со блок станици и главно мерно регулациони станици, атмосферски и фекални канализациони системи, патна инфраструктура со придружни објекти (подпатници, надпатници, пропусти, клучки), реконструкции, доградби итн. Главната одлика на компанијата е брза, квалитетна и современа изведба, која се должи на користење на најсовремена опрема и материјали за градба, имплементирање на светските стандарди за квалитет и менаџмент, како и поседување на тим составен од високо-професионален и стручен кадар. Во реализација на работите во областите на својата дејност секогаш ја запазува техничката регулатива, ги запазува етичките и стручни стандарди на оваа професија, а со своето работење го застапува интересот на својот инвеститор во рамки на законските прописи, интересот на општеството и угледот и репутацијата на професијата и професионалноста.

www.rapidbild.com.mk


www.kapital.mk

Капитал број 903 17.02.2017

14

COVER STORY

привлекување на инвеститори во земјава ги потрошиле двете главни државни институции за оваа намена, Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот и Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ДТИРЗ). Меѓутоа, за оваа намена трошеле и Министерството за економија и Владата. Дирекцијата за ТИРЗ, која што како таква постои од 2009 година, до 2016 година потрошила вкупно 71,2 милиони евра. Од нив, речиси 48 милиони евра се потрошиле за изградба на технолошко индустриските развојни зони, 5 милиони евра за поддршка на инвестиции, а околу 18 милиони евра за функционирањето на Дирекцијата во што спаѓаат платите на вработените и набавки на стоки и услуги за тековното работење. Претходно во 2007 и 2008 година, за изградба на технолошко индустриските развојни зони се потрошиле околу 10,7 милиони евра, но преку Министерството за економија. За годинава, за капитални инвестиции во овие 13 индустриски зони, дел од нив целосно изградени и подготвени за инвеститорите, а дел во фаза на изградба, предвидено е да се потрошат уште 4 милиони евра. Со тоа вкупниот буџет наменет за технолошко индустриските развојни зони, од 2007 година до годинава надминува 86,7 милиони евра.

„Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони во моментов управува со три целосно функционални зони и тоа Скопје 1 и 2 во главниот град и ТИРЗ Штип во најголемиот град во Источна Македонија. За ТИРЗ Тетово е склучен договор за јавно приватно партнерство и во процес е имплентација на првите инвестициски проекти. Истовремено, единаесет други зони основани со цел да се постигне рамномерен економски напредок на сите региони во Македонија се во различни фази на развој“, пишува на веб страната на Дирекцијата. Втората институција која што исто така има за цел да привлекува инвеститори што ќе вложуваат во земјава, Агенцијата за странски инвестиции, од 2007 до 2016 година потрошила вкупно 50,8 милиони евра народни пари. Од нив, 16,2 милиони евра за економска промоција и уште 10,7 милиони евра за економски маркетинг. Од оваа Агенција се исплатиле и 16,4 милиони евра за поддршка на инвестициски вложувања. Од 2011 година, оваа Агенција добива задача да го промовира и извозот, а оваа цел е додадена и во називот на оваа државна институција. Истражувањето на договорите за јавни набавки што ги склучувале Дирекцијата за ТИРЗ и Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот ги диференцира

овие две институции задолжени за иста цел. Всушност, најголем дел од тендерите на Дирекцијата за ТИРЗ се склучени за изградба на основната инфраструктура во технолошко индустриските развојни зони, од изработка на проектни документации, изградба на улици, водоводна и канализациона мрежа, електрични инсталации и осветлување, инсталирање на гасоводна мрежа. Од друга страна, Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, поголем дел од тендерите ги склучува за набавка на промотивни материјали, снимање на видеа, рекламни услуги, набавки на авионски билети, хотелски услуги за бизнис форуми, поштенски услуги. Во последните неколку години, пак, посебна ставка од која се трошат народни пари за привлекување на странски инвестиции и развој на слободна економска зона, има и во буџетот на Владата. Од 2013 година до лани, на оваа ставка се потрошени над 11 милиони евра, а интересно е тоа што речиси сите пари завршиле како субвенции и трансфери. Меѓутоа, во буџетот не е прецизирано конкретно на што се потрошиле овие пари, односно дали станува збор за исплата на државната помош што ја добиваат некои од инвеститорите. nnn

ФАКТ: РЕЧИСИ 150 МИЛИОНИ ЕВРА ПОТРОШЕНИ ЗА 10 г. ЗА ПРИВЛЕКУВАЊЕ ИНВЕСТИТОРИ


СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

ГРАДЕЖНИШТВО

24

ФЕВРУАРИ

2017

НОВИТЕ ПРОЕКТИ НА МАКЕДОНСКИТЕ ГРАДЕЖНИЦИ Градежништвото ја носи на својот грб македонската економија. Без градежната експанзија што во најголем дел ја стимулира државата со јавните инвестиции, економскиот раст би бил преполовен. А, бројот на издадени дозволи за градење за повеќе квадратни метри станбен и деловен простор, најавуваат дека трендот на пораст на градежништвото ќе продолжи и годинава, што значи дека овој сектор ќе остане столбот на кој ќе се потпира економијата. Еве што ќе читате во најновиот специјален прилог на Капитал, Градежништво што излегува на 24.02.2017 година

l ДРЖАВАТА ПЛАНИРА ДА ИНВЕСТИРА 440 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ИЗГРАДБА НА КАПИТАЛНИ ОБЈЕКТИ ГОДИНАВА „ПОЛНИ РАЦЕ“ РАБОТА ЗА ГРАДЕЖНИЦИТЕ АКО ОВИЕ ПЛАНОВИ СЕ РЕАЛИЗИРААТ! l ШТО СÈ ЌЕ СЕ ГРАДИ ГОДИНАВА?! ДО КРАЈОТ НА 2016 ГОДИНА ИЗДАДЕНИ ПОГОЛЕМ БРОЈ НА ГРАДЕЖНИ ДОЗВОЛИ ОТКОЛКУ ВО 2015, ВО ВРЕДНОСТ ОД 750 МИЛИОНИ ЕВРА! l ЗГРАДИ ШТО ДИШАТ – ГРАДЕЖНИТЕ КОМПАНИИ КОРИСТАТ НАЈИНОВАТИВНИ ЕКО - МАТЕРИЈАЛИ ШТО ЈА ШТИТАТ ЖИВОТНАТА СРЕДИНА. КОЛКУ МАКЕДОНСКИТЕ ГРАДЕЖНИЦИ ГИ СЛЕДАТ СВЕТСКИТЕ ТРЕНДОВИ?! l КАПИТАЛ ВИ ГИ ПРЕТСТАВУВА НАЈДОБРИТЕ ИЗГРАДЕНИ ЗГРАДИ ВО 2016 ГОДИНА!

Повеќе информации во врска со прилогот и за претставување во истиот можете да добиете на е-мail: marketing@kapital.com.mk l gordana.mihajlovska@kapital.mk или на телефонскиот број ++ 389 2 3298 505

ЛИЦE ЗА КОНТАКТ:

ГОРДАНА МИХАЈЛОВСКА


Капитал број 903 17.02.2017

16

www.kapital.mk

АНАЛИЗА

Регулаторни тела во Македонија Број на вработени Агенција за електронски комуникации

134

Агенција за цивилно воздухопловство

68

Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

49

Агенција за супервизија на осигурувањето

31

Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување

30

Регулаторна комисија за енергетика

30

Комисија за хартии од вредност

24

Агенција за пошти

17

Регулаторна комисија за домување

11

Регулаторна агенција за железници

3

РЕГУЛАТОРНИ ТЕЛА

КОИ СЕ ЛУЃЕТО КОИ ГО РЕГУЛИРААТ ПАЗАРОТ ВО МАКЕДОНИЈА?


www.kapital.mk

Капитал број 903 17.02.2017

17 пишува:

С

Биљана Здравковска Стојчевска biljana.zdravkovska@kapital.mk

Ако се разгледа кој се членува во регулаторните тела и агенции може лесно да се дојде до заклучок дека голем е бројот на оние кои имаат или имале блиска врска со владејачката партија, многу од нив истовремено се вработени во државни институции, голем е бројот и на оние кои истовремено се членови во повеќе комисии или се членови во управни или надзорни органи на компании или институции во сопственост на државата, а нивните професионални биографии покажуваат дека кариерата ја граделе исклучиво во министерства или државни институции, каде по правило е многу тешко да се напредува без амин на партијата на власт.

Секоја земја која сака да обезбеди слободен пазарен натпревар и конкуренција, прво нешто што треба да направи е да ја оневозможи спрегата помеѓу бизнисот и независните регулатори. Но, во земји како Македонија каде државата е длабоко влезена во економијата, со конкретни директни или индиректни бизнис интереси во речиси секоја област, постоењето на независни регулатори е блиску до научна фантастика. Колку се (не)зависни регулаторните тела во земјава покажува и фактот дека членовите во овие регулаторни тела се избираат во Собранието, по предлог на Владата. Ако се разгледаат кој се членува во овие регулаторни тела може лесно да се дојде до заклучок дека голем е бројот на оние кои имаат или имале блиска врска со владејачката партија, многу од нив истовремено се вработени во државни институции, голем е бројот и на оние кои истовремено се членови во повеќе комисии или се членови во управни или надзорни органи на компании или институции во сопственост на државата, а нивните професионални биографии покажуваат дека кариерата ја граделе во министерства или државни институции каде по правило е многу тешко да се напредува без амин на партијата на власт. Дали и како е можно некогашните партиски активисти, членови и директори или раководители во државни компании и институции, преку ноќ да станат членови во регулаторни тела, кои според законите треба да бидат независни? Колку тие можат да се ослободат од влијанија и да носат независни и непристрасни одлуки? За експертите од областа на борбата со корупција овие прашања се сосема беспредметни, посебно во случајот на Македонија, бидејќи политиката е вмешана уште во самиот чин на нивното именување и назначување, а подоцна и во нивното работење и одлучување. Единствен излез гледаат во избор на експерти кои немаат политички врски и минато. Во спротивно доколку регулаторите ја изгубат независноста, тие почнуваат да служат на цели кои се сосема спротивни на оние заради кои се основани. Наместо јавниот интерес и интересот на граѓаните и учесниците на пазарот, тие повеќе ги штитaт интересите на своите “господари”, го отежнуваат влезот на нови фирми на пазарот и оневозможуваат правилно функционирање на пазарот и фер натпревар. Во такви услови нивното постоење е само про-форма и добра основа за згрижување и наградување на послушните и заслужни партиски кадри.

Кој членува во регулаторните тела?

Во Македонија има 10 регулаторни тела и агенции кои регулираат повеќе клучни области. Тоа се Агенција за електронски комуникации, Агенција за цивилно воздухопловство, Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Агенција за супервизија на осигурувањето, Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување , Регулаторна комисија за енергетика, Комисија за хартии од вредност, Агенција за пошти, Регулаторна комисија за домување и Регулаторна агенција за железници. Според Регистарот на државни службеници во нив на крајот на 2015 работеле близу 400 лица. Капитал анализираше кој се е член и кој управува со неколкуте клучни регулаторни тела во Македонија. Агенцијата за електронски комуникции е главен независен регулатор на телекомуникацискиот пазар и


www.kapital.mk

Капитал број 903 17.02.2017

18

АНАЛИЗА

таа ја регулира работата на сите играчи во фиксната и мобилната телефонија, интернет провајдери, кабелски телевизии... Основана е во 2005 година и се финансира од средства остварени од приходите од надоместоците предвидени со Законот за електронски комуникации, донации, заеми и друга финансиска и техничка помош. Активностите на АЕК вклучуваат регулација на пазарот на електронски комуникации, промовирање на ефикасна конкуренција во областа на јавните електронски комуникациони мрежи и услуги, со што им се овозможува на крајните корисници да имаат можност за избор, цена и квалитет на пристапот до електронски комуникациски услуги, заштита на интересите на корисниците, решавање на спорови помеѓу операторите на јавни електронски мрежи, давателите на јавни услуги и корисниците. Со Агенцијата управуваат Комисија за електронски комуникации и директор. Комисијата за електронски комуникации има претседател, Гордана Клинчарова, која на оваа функција дојде од секретар на Град Скопје, а претходно била директор на Агенцијата за стокови резерви.. Горан Велинов, кој е професор на Универзитетот Финки е заменик претседател на Комисијата на АЕК. Во Комисијата на АЕК членуваат и Петар Есмеров, кој е директор на регионална дирекција на Управата за јавни приходи Скопје, кој порано беше државен секретар во Министерството за одбрана. Член во оваа Агенција е и Славе Веловски, кој важи за близок соработник на екс премиерот Никола Груевски, кој работел како советник во неговиот кабинет, во 2011 година бил назначен за член на Економскиот совет. Член во Агенцијата се и Дешира Имери и Газменд Ајдини. Сите нив ги именува и разрешува Собранието, по предлог на Владата. Директор на Агенцијата е Сашо Димитријоски и него го именува Комисијата, по пат на јавен конкурс. Сашо Димитријоски, кој е експерт од областа на информатиката и телекомуникациите, претходно бил директор на Македонска академска истражувачка мрежа (МАРнет), а во периодот од 2006 до 2010 година бил член на Бордот на директори на TMobile Македонија. Од 2009 до 2011 година бил на позицијата државен советник во Министерството за информатичко општество и администрација. Димитријоски доаѓа на челната позиција во АЕК откако во ноември минатата

Доколку регулаторните тела ја изгубат независноста, наместо јавниот интерес и интересот на граѓаните и учесниците на пазарот, тие ги штитaт интересите на своите “господари”, го отежнуваат влезот на нови фирми на пазарот и оневозможуваат правилно функционирање на пазарот и фер натпревар. Во такви услови нивното постоење е само про-форма и добра основа за згрижување и наградување на послушните и заслужни партиски година му истече петгодишниот мандат на дотогашниот директор Роберт Ордановски, кој на чело на регулаторната агенција дојде од функцијата директор за инженеринг во Т-Мобиле, а од неодамна е член во Управниот одбор на државната компанија за пренос на електрична енергија Мепсо. Според последните финансиски извештаи објавени на нивната интернет страница Агенцијата во 2015 година работела со вкупни приходи од 8,6 милиони евра, а на крајот на годината прикажала загуба од 1,2 милиони евра. Интересно е што најголема расходна ставка на Агенцијата во 2015 година била донацијата што АЕК му ја дал на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) од 4,5 милиони евра за изградба на Панорамското тркало. Втор најголем трошок на Агенцијата биле надоместоците за членовите на Комисијата за електронски комуникации кои во 2015 година изнесувале 310 илјади евра, која истата година одржала 18 состаноци. Агенцијата наплаќа повеќе различни надомести од субјектите кои ги регулира и тоа надомест за користење на радиофреквенции од кои собира најмногу пари. Само во 2015 година по овој основ Агенцијата имала приходи од близу 7 милиони евра, што е 81% од вкупните приходи. Освен овој надмест АЕК наплаќа и надомест за надзор на пазарот за електронски комуникации, надомест за користење на доделени броеви. Една од поважните регулаторни тела е и Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), која е главен регулатор на пазарот на електрична енергија, кој треба да се грижи за сигурно и квалитетно снабдување на потрошувачите со енергија, и заштита и воведување на конкурентен пазар на енергија врз начелата на објективност, транспарентност и недискриминираност. Таа почна да работи во 2003 година. Во Комисијата се вработени 30 лица. Таа

е составена од 5 члена, од кои еден е претседател. Членовите и претседателот на Регулаторната комисија, на предлог на Владата ги именува и разрешува Собранието. Мандатот на секој член изнесува пет години и ниту еден член не може да биде на таа функција повеќе од два мандата. Од 2009 година на чело на Регулаторот е Димитар Петров, електроинженер по професија, кој веќе го тера вториот петгодишен претседателски мандат. Пред да биде назначен на оваа функција тој бил раководител на одржување во подрачната единица на ЕВН во Кратово и потретседател на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Кратово. Членови во РЕК се и Куштрим Рамадани, кој претходно работел во ЕВН Македонија, потоа Видан Кулевски, кој е член од 2009 година со втор мандат, а пред да биде назначен за член на Комисијата, работел како член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Битола, а во 2007 година бил и член и на Надзорниот одбор на државната ЕЛЕМ. Од 2008 година член во РКЕ е и Светлана Јаневска, која е економист по професија, а Еленa Маркова Велинова како електроинженер е член од 2011 година. Според Законот за енергетика, Регулаторната комисија за енергетика е назависно тело кое носи непристрасни одлуки. Но, се поставува прашањето колку Комисијата може да биде независна и објективна, ако се знае дека претседателот и членовите ги предлага Владата, а ги именува Собранието. Комисија за хартии од вредност (КХВ) е главен регулатор на пазарот на капи-тал во Македонија. Таа е основана во 1992 година си цел да го регулира и контролира работењето со хартии од вредност во земјата. Според податоците од регистарот за државни службеници, во КХВ се вработени 24 лица. Со Комисијата управува претседател и четири членови кои ги избира и разрешува Собранието, по предлог на Владата на Македонија. Претседател на


DISCOVERY SPORT

АВАНТУРАТА Е ВО НАШИТЕ ГЕНИ.

Новите напредни Ingenium мотори на Land Rover без напор ќе ве понесат во секаква авантура. Внатрешноста, со паметни 5+2 седишта, нуди голем простор за патниците истражувачи. Дополнително, во 1698 литарскиот багажен простор вие можете да сместите уште повеќе предмети. Неверојатниот Discovery Sport многумина го сметаат за еден од најсестраните компактни SUV возила, како на асфалтните патишта, така и надвор од нив. Посетете нè и дознајте повеќе: AUTOMOBILI GROUP ул. Скупи бр. 8, Скопје тел.: 02 30 93 024 macedonia.landrover.com

Емисија на CO2: 123 – 191 g/km. Комбинирана потрошувачка на гориво: 4,7 – 8,2 l/100 km.


www.kapital.mk

Капитал број 903 17.02.2017

20

АНАЛИЗА

КХВ е Елизабета Чингаровска, која на оваа функција дојде од функцијата директор на Државниот пазарен инспекторат. Член во КХВ како надворешен комисионер е Александар Стојков, продекан на Правниот Факултет, кој истовремено е и член на Советот на Народната банка на Македонија, независен член на Одборот на директори на Македонскиот Телеком, член во Надзорниот одбор на државната компанија Македонска пошта, член во МАПАС и член во Одборот за акредитација и евалуација на високото образование во Македонија. Во КХВ членува и професорот на Економскиот факултет Михаил Петковски, кој истовремено е и член на Советот на Народна банка на Македонија. Членови се и Милаим Ајдини, поранешен министер за транспорт и врски од редовите на ДУИ во владата на СДСМ, и Сејдија Фазлиоски. Во Агенцијата за цивилно воздухопловство се вработени 68 лица. Таа е организирана како воздухопловна власт на Македонија чија организациона структура обезбедува квалитетно и навремено извршување на безбедносните регулаторни функции, како и останатите функции поврзани со надзор на обезбедувањето, економски надзор, права на летање итн. Со Агенцијата управуваат Управен одбор и директор. Членовите во Управниот одбор ги избира Собранието, а директорот се избира Управниот одбор. Од 2015 година директор на Агенцијата е Горан Јандреоски, кој на оваа позиција доаѓа од местото менаџер за одржување во ТАВ Македонија, функција која ја обавувал од март 2010 година. Пред него, директор на Агенцијата беше Зоран Крстевски, поранешен коалиционен партнер на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, кој од челната функција во регулаторната Агенција преминал да биде генерален директор на ТАВ Македонија, турската компанија која управува со двата аеродроми. Од јануари 2017 година Крстевски е член на Бордот на директор на ТАВ, а генерален директор на ТАВ е Алпер Ерсој. Регулаторната комисија за домување е исто една од регулаторните комисии Македонија, која се основаше во 2010 година со Законот за домување. Основна надлежност на Регулаторната комисија за домување е обезбедување на долгорочен, стандардизиран и хармоничен развој на домувањето, категоризација на станови, издавање на лиценци за управители, водење

Најголема расходна ставка на Агенцијата која го регулира телекомуникацискиот пазар во 2015 година била донацијата на ЈСП од 4,5 милиони евра за изградба на Панорамското тркало, а втор најголем трошок биле надоместоците за петте членови на Комисијата на АЕК од 310 илјади евра.

на регистар на управители, посредување во решавање на спорови од областа на домувањето, како и покренување на иницијативи за закони од областа на домувањето. Во неа се вработени 11 луѓе, а нејзин директор е Душко Кадиевски, поранешен министер за урбанизам и градежништво во Владата на ВМРОДПМНЕ, тогаш предводена од Љупчо Георгиевски, и поранешен главен архитект на Град Скопје. Регулаторната комисија за домување се финансира од буџетот, приходите остварени од вршење на работи во нејзина надлежност и други надоместоци. Од Буџетот за 2017 година за оваа Комисија е одвоен буџет од 157 илјади евра, од кои дури 73% ќе биде потрошен за плати и надоместоци на вработените. Македонија има и Регулаторна агенција за железници за која се чини никој до крај не знае што точно таа регулира. Во неа се вработени 3 лица. На интернет страницата пишува дека “Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор има значајна улога во либерализацијата на железничкиот сектор во Македонија, а со тоа и во воведување на конкуренција меѓу транспортните компании на пазарот на железнички услуги. Агенцијата го обезбедува и недискриминаторскиот однос на управителот на Инфраструктурата кон сите транспортни компании”. Но,

либерализацијата на железничкиот транспорт беше одложена, па оваа Агенција сега ги регулира државните железнички фирми. Агенцијата е основана во 2009 година, и со неа управува директор и Управен одбор. Според информациите на интернет страницата на Агенцијата за железници, директор е Никола Костадиновски, а како членови во Управниот одбор се Ана Виткова, правник по професија, која е и член на Комисијата за заштита на конкуренцијата и советник за правни прашања во Кабинетот на премиерот на Владата, а своевремено била и член во Надзорниот одбор на АД Аеродроми на Македонија, член на Управен одбор на ЈП за стопанисување со објекти за спорт во сопственост на државата и член на Надзорен одбор на АД Славија. Членови во оваа Агенција е и Катерина Димовска, Сејдин Абази. Во 2013 година директорот на МЖ-Инфраструктура, Ирфан Асани побара да се укине Агенцијата за регулирање на железничкиот сообраќај, се додека не се либерализира сообраќајот во железницата. “Агенцијата е формирана да го регулира сообраќајот во услови на либерализиран пазар. Со оглед дека тоа не е случај тогаш нема зошто агенцијата да добива дел од приходите на железничките компании и нема зошто таа агенција да постои”, изјави тогаш Асани.

nnn



Капитал број 903 17.02.2017

22

www.kapital.mk

ПОЛИТИКА

„ПОТРЕБНО Е УШТЕ ВРЕМЕ“ НА ХАН, НЕ ИСКЛУЧУВ „НЕОПХОДНОСТ ОД ШТО ПОСКОРО ФОРМИРАЊЕ

КОЛКУ АХМЕТИ ЌЕ ЈА ОДЛОЖУВА ОДЛУКА ШТО „ЌЕ ПРОИЗВЕДЕ СТАБИЛНОСТ И ЌЕ НУ ГАРАНЦИИ ЗА РЕФОР

АХМЕТИ: СЕКОЈА ОДЛУКА ТРЕБА ДА СЕ АНАЛИЗИРА ОТ


www.kapital.mk

ВА ВЛАДА“

А АТА Е УДИ РМИ“?

Капитал број 903 17.02.2017

23 Во ДУИ секако се мери и премерува со поглед кон локалните избори, но за Ахмети можеби најрелевантен би требало да биде ставот на градоначалникот на Чаир, Изет Меџити – важната општина каде и БЕСА, и ВМРО-ДПМНЕ, и СДСМ, на 11 декември добија повеќе гласови од ДУИ пишува:

С

Максим Ристески

maksim.risteski@kapital.mk

„Со нетрпение очекуваме формирање на новата влада“, изјави евроабасадорот Самуел Жбогар најавувајќи ја минатонеделната посета на Јоханес Хан. И самиот еврокомесар, во првата изјава во конте-кстот што ја даде во Скопје, рече дека „нема време за губење – влада мора да се формира што поскоро“, а иста порака испрати и по средбата со претседателот Ѓорѓе Иванов следниот ден, оти е „неопходно што поскоро формирање влада, бидејќи единствено со целосно функционални институции државата ќе биде подготвена да се справува со сите предизвици“. Но, Хан од Скопје замина со извесно ретерирање во однос на ставот, откако во меѓувреме му станало „очигледно дека ќе биде потребно уште време“. Причините поради кои од оценката на еврокомесарот дека што поскоро формира-ње влада е неопходност, се стигна до ставот оти треба да се почека, дел од аналити-чарите ги бараат во коригирањето на оптимизмот на Хан по средбите со лидерите, дека ќе успее да ги убеди партиите да направат влада во која ќе влезат сите. Има и толкувања дека Хан порачал оти е потребно уште време имајќи ги предвид заканите дека ќе има, благо кажано, тензични ситуации, во случај надвор од владината коалиција да остане партијата од која може да се очекува оти би можела да ги оствари. Како и да е, рефлекторите се врз ДУИ, која е во позиција да одлучува за идната влада, но истовремено и е најтешко да донесе одлука со кого е подобро да го поднесе ризикот за својата иднина. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, секако има предвид дека ако направи влада со СДСМ, при што математиката (до мнозинство од 61 пратеник) бара во комбинацијата да влезе барем и Алијансата за Албанците, неговата партија во владата би била заедно со најжестоките конкуренти на локалните избори (Алијансата, а

веројатно и БЕСА), кои на изборите на 11 декември сериозно ја начнаа позицијата на владејачката албанска партија. Во зависност од случувањата на локалните избори, не може да се исклучи дека дел од албанските партии во ваквата влада по изборите би сакале да ја урнат истата. Но, неспорно, на Ахмети повеќе проблеми на локалните избори би му направила влада со ВМРО-ДПМНЕ, поради која вториот изборен бран незадоволство на гласачите Албанци би можел да му ја (до) растури позицијата како кула од песок. Без разлика што Ахмети во последната изјава (по средбата со францускиот амбасадор Кристиан Тимоние) се пожали дека е изложен на „ирационален и преференцијален медиумски притисок што се обидува да создаде непостоечки теми за наводно поделби помеѓу различните крила во ДУИ“, факт е дека во партијата има сериозни поделби околу тоа со кого треба да се коалицира. Во контекст на погоре споменатите стравувања за локалните избори, можеби најрелевантен е градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, зашто во неговата општина на изборите на 11 декември ДУИ загуби со добиени 2.645 гласови (17,49%), наспроти 3.183 (21,05%) на дебитантот БЕСА; 4.299 (28,43%) на СДСМ; 3.002 (19,85%) на ВМРО-ДПМНЕ. После овој резултат на ДУИ во Чаир, а во пресрет на локалните избори, ставот на Меџити што го соопшти на Фејсбук е: „Сакам да ја информирам јавноста дека сум против Никола Груевски и против коалиција со ВМРО-ДПМНЕ“. За Ахмети најдобра варијанта би било да биде во влада и со СДСМ и со ВМРО-ДПМНЕ, „во чиј фокус на активности“, како што порача Жбогар, „би биле евроинтеграциите, како цел што ја поддржуваат сите политички партии во земјата“. Но, за ваков развој на настаните нема расположение; прво, зашто не се сложуваат СДСМ и другите албански партии; второ, зашто Ахмети, според она што го кажа партискиот портпарол Бујар Османи, со ВМРО ДПМНЕ се усогласил за сè, па и за употребата на албанскиот јазик, но не и по точката која се однесува на правната држава – Прибе и Специјалното јавно обвинителство, а токму ова, непреченото владеење на правото, е суштината на реформите на кои инстистира Брисел. Лидерот на ДУИ, како што му рекол на Тимоние, е свесен дека одлуката на ДУИ „треба да создаде стабилност, безбедност,

ТИ Е ОД ОГРОМНО ЗНАЧЕЊЕ ЗА ЗЕМЈАТА


www.kapital.mk

Капитал број 903 17.02.2017

24

ПОЛИТИКА

Хан наводно дошол во Скопје да ги убедува лидерите да направат широка влада во која би влегле сите парламентарни партии, но откако не добил поддршка за таквата идеја, им оставил време за усогласување на СДСМ и ДУИ, сметаат некои аналитичари.

издржливост, како и да биде во партнерство со меѓународната заедница, бидејќи имаме заеднички интереси и цели, интеграција на земјата во НАТО и ЕУ“. Оттука, може да се разбере позицијата на Ахмети, дека „ние (ДУИ) не се брзаме“, но откако од СДСМ во прилично брз рок му беше испорачан документ по барањето написмено да добие понуда, и тој ќе треба соодветно да реагира. Последните информации (до затворањето на овој текст) што ги пренесе ТВ 21 се дека Ахмети заедно со Зиадин Села од Алијансата за Албанците ќе ја разгледа писмената понуда од СДСМ, што неспорно може да се толкува како потег во прилог на собирањето 61 пратенички потпис, според условот на Иванов за да му го даде мандатот за формирање влада на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

„Паметно, но брзо излегување од грчот со формирањето нова влада“

Во ситуацијата по посетата на еврокомесарот Јоханес Хан, откако тој замина со порака „потребно е уште време“, се создаде впечаток за извесен пад на ентузијазмот во процесот на собирање потписи за мандат на Заев. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, тука виде погоден момент за со интервјуто за ТВ Нова да се обиде „ПиАрски“ да ја изменаџира ситуацијата кај публиката податлива за целта. Во пригодата Груевски одново го повтори ставот дека единствен излез од кризата се предвремени парламентарни избори со јасен победник.

Но, аналитичарите кои ги консултиравме се едногласни дека мора прво што поскоро да се исцрпат можностите да се формира влада од изборите на 11 декември. Аналитичарот Алберт Муслиу смета дека изјавата на Хан, оти е потребно уште време, не го исклучува неговиот претходен став за неопходност од што поскоро формирање влада. Напротив, Муслиу смета дека изјавите се усогласени – втората е надополнување откако еврокомесарот ја увидел ситуацијата на теренот. „Хан препорача што побрзо да се вратиме на патот на реформите, што подразбира што побрзо излегување од грчот со формирањето нова влада. Дополни само дека треба да се однесуваме паметно; оти не е императив брзината. Такви му беа импресиите од сите информации што ги доби од партиите. Ние со недели во след имаме најави за можни проблеми, тензии, ако оваа или онаа партија прави влада, и оттука се неговите укажувања дека е потребна паметна одлука. Хан укажа дека процесот треба да се забрза, но тоа не се исклучува со ставот дека одлуките треба да се носат паметно“, вели Муслиу. Повеќе од јасно е, смета тој, дека партиите ќе се однесуваат/одолговлекуваат според партиските проценки поврзани со блискоста на локалните избори, но, во ситуација кога трпението кај јавноста е исцрпено, процесот не може да се оддолжува. „Кој ќе формира влада не сакам да шпекулирам, но сигурен сум дека ќе имаме политичка влада. Ниту широка, ниту

предвремени избори. Ако таа влада се втемели на добро испреговарани и договорени принципи, не гледам причини да не го истера мандатот до крај. Ако, пак, се заснова само на краткорочни калкулации за локалните избори, тогаш веднаш после изборите ќе имаме напукнувања во владината коалиција и влегување во нов изборен циклус“, вели Муслиу. Поранешниот коалициски партнер на ВМРО-ДПМНЕ, лидерот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, смета дека Хан во Скопје дошол со идеја да аргументира зошто широка влада, во која би можеле да влезат (и) сите парламентарни партии. Но, откако увидел дека нема поддршка за тоа, смета Трајанов, им оставил време за усогласување на СДСМ и на ДУИ. „Намерата на Хан беше да ги убеди партиите да направат широка влада во која би влегле сите партии. Во разговорите со лидерите тој не доби поддршка за ваквата идеја. Кај СДСМ и кај албанските партии очигледно немало расположение за влегување во влада со ВМРО-ДПМНЕ. Врз основа на овие разговори очигледно проценил дека треба време да се усогласи таа владина платформа што ја подготвуваат СДСМ и ДУИ“, вели Трајанов. Според него, идејата за широка влада е прифатлива и за ВМРО-ДПМНЕ, без разлика што оттаму бараат нови избори. „Нови избори ќе има, и клучно прашање е кој ќе ги организира. Дали влада во која ќе бидат СДСМ и ДУИ, или влада во која ќе биде и ВМРО-ДПМНЕ“, вели лидерот на ДС.

ХАН: OЧИГЛЕДНО ДЕКА ЌЕ БИДЕ ПОТРЕБНО УШТЕ ВРЕМЕ


ШТО ДОБИВАТЕ СО ОН-ЛАЈН ПРЕТПЛАТА НА КАПИТАЛ: претплата на 1. Со електронското издание на Капитал

заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

за најава од 2.Можност три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

до електронското 3. Пристап издание од било каде во Светот

ШТО ДОБИВАТЕ СО ПРЕТПЛАТА НА ПЕЧАТЕНОТО ИЗДАНИЕ НА КАПИТАЛ: l 49 броја на редовното издание на Капитал l 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал l Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа l Платена поштарина l Вклучено ддв l Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози


www.kapital.mk

Капитал број 903 17.02.2017

26

ПОЛИТИКА

С

АЛБЕРТ МУСЛИУ аналитичар

игурен сум дека ќе имаме политичка влада. Ниту широка, ниту предвремени избори. Ако таа влада се втемели на добро испреговарани и договорени принципи, не гледам причини да не го истера мандатот до крај.

акедонија ако сака да биде сериозна држава со евроатланска перспектива; ако мислат за доброто на народот политичарите кои сите кампањи ги водат „за доброто“ на народот, треба БОРЧЕ час поскоро да се ДАВИТКОВСКИ формира влада. И професор да се научат дека некој може да оди во опозиција.

Неговите очекувања се СДСМ и албанските партии да направат влада, „но тоа би било влада што ќе функционира шест месеци, најмногу една година, и ќе има нови избори“. Според професорот Борче Давитковски влада мора да се формира што поскоро, а секое сценарио за одложување или пак за нови избори може многу да и наштети на Македонија. „Времето ни истекува - веќе повеќе од

две години сме во празен од. Македонија ако сака да биде сериозна држава со евроатланска перспектива, ако мислат за доброто на народот политичарите кои сите кампањи ги водат „за доброто“ на народот, треба час поскоро да се формира влада. И да се научат дека некој може да оди во опозиција. Ова е веќе неиздржливо – бизнисот, економијата стои во место, сите се во исчекување, народот е апатичен. Згора на ова уште ако имаме уште едни избори,

НИЕ СМЕ ВРСКАТА СО СИТЕ ДЕЛОВНИ ПОДАТОЦИ КОИ ВИ СЕ ПОТРЕБНИ

#1

ЗА БИЗНИС ИНФОРМАЦИИ

ЗА ПАМЕТНИ ДЕЛОВНИ ОДЛУКИ!

02 / 3117 100 info@targetgroup.mk www.targetgroup.mk

И

М

ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ

претседател на ДС

дејата за широка влада е прифатлива и за ВМРО-ДПМНЕ, без разлика што оттаму бараат нови избори. Нови избори ќе има, но клучно прашање е кој ќе ги организира. Дали влада во која ќе бидат СДСМ и ДУИ, или влада во која ќе биде и ВМРОДПМНЕ.

тогаш не може да се исклучат и црните прогнози на некои центри што не и мислат добро на државата“, вели професорот. Според него, ДУИ, како партија што е во позиција да одлучува, ако вистина се залага за евроинтеграции мора под итно да се постави конструктивно во процесот на формирање влада, и Македонија мора да добие влада со премиер со политички капацитет, која веднаш ќе почне да работи на реформите. nnn


СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

ИДНИНАТА НА ПЛАЌАЊАТА:

ПЛАТЕЖНИ КАРТИЧКИ

АНАЛИЗА НА НАЈНОВИТЕ ТРЕНДОВИ ВО ДОМАШНАТА КАРТИЧНА ИНДУСТРИЈА

КОЛКУ, КАКО И ЗОШТО СЕ КОРИСТИ “ПЛАСТИКАТА“ ВО МАКЕДОНИЈА

4 НОВИ ТЕХНОЛОГИИ ВО СВЕТОТ

ГИ ПРЕТСТАВУВАМЕ НАЈНОВИТЕ КАРТИЧНИ ПРОДУКТИ НА БАНКИТЕ ВО ЗЕМЈАВА

INTERVIEW

ЕМИЛИЈА СПИРОВСКА член на УО на ПроКредит Македонија ПОЛЕСЕН ПРИСТАП ДО КРЕДИТИ

ОНЛАЈН ТРГОВИЈАТА РАСТЕ, НО ИМА УШТЕ “ЛЕБ ЗА ЈАДЕЊЕ“:

МАКЕДОНЦИТЕ ТРОШАТ 2,5 ПАТИ ПОВЕЌЕ ПАРИ НА СТРАНСКИТЕ ИНТЕРНЕТ САЈТОВИ


Капитал број 903 17.02.2017

28

www.kapital.mk

ПЛАТЕЖНИ КАРТИЧКИ

АНАЛИЗА

КОЛКУ, КАКО И ЗОШТО СЕ КОРИСТАТ КАРТИЧКИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА

НАВИКИ: ЛУЃЕТО ГО ИМААТ КОМФОРОТ ШТО ИМ ГО ПРУЖА КАРТИЧКАТА


www.kapital.mk

Капитал број 903 17.02.2017

29 Македонските граѓани, но и странките туристи, странците што работат овде, нашинците што работат во странство, а доаѓаат на одмор или свадба во татковината... сите тие, со картичките издадени во земјава или надвор, трошат преку 2,5 милијарди евра годишно. За една деценија тоа е скок од преку 13 пати, разбирливо, кога ќе се земе предвид дека и бројот на издадени картички е скокнат за повеќе од 10 пати. Но, сепак, останува старата навика картичките најмногу да се користат за повлекување готовина, наместо за купување во продавници: околу 70% од трансакциите се на банкомат. Едвај 3% од прометот со картички е направен преку интернет, за купување производи или плаќање различни услуги. пишува:

A Игор Петровски

igor.petrovski@kapital.mk

Ако до пред десетина години, платежната картичка беше доживувана како “голема работа“ во земјава, денес веќе “пластиката“ во новчаник е регуларна појава за секој граѓанин. И статистички гледано, според податоците што редовно ги објавува Народната банка (НБРМ), безмалку секој жител на Македонија поседува во просек по една картичка, односно, нивниот број е околу еден милион и 850 илјади. (според последните расположливи податоци на НБРМ, заклучно со трет квартал од 2016 година, н.з.). Да се потсетиме само, на крајот од 2005 година имало нешто помалку од 180.000 картички во оптек, или десет пати помалку. Како што може да се види од табелите што ги подготвивме за овој специјален прилог,

ОД БАНКОМАТ ВО ПРОСЕК СЕ ВАДАТ ПО 80-ТИНА ЕВРА Во продавница се трошат по 20-тина евра во просек со картичка, на интернет по 27 евра од една трансакција.

О

д статистиката на НБРМ се гледа дека бројот на трансакции на повлекување готовина од банкомат во првите девет месеци од 2016 е 19,64 милиони, а вкупната вредност на трансакциите е 94,97 милијарди денари, што значи дека просечната вредност на едно вадење пари од банкомат е 4.836 денари или 80-тина евра. Кога ќе се направи истиот однос помеѓу бројот на трансакции и нивната вкупна вредност кај прометот на ПОС терминали и преку интернет,

нивниот број почнува нагло да расте во следните неколку години – така, на крајот од 2006 бројката е повеќе од двојно зголемена, на преку 419 илјади, следната година речиси двојно повеќе, на 716 илјади, па на крајот од 2008 ја преминува границата од еден милион издадени картички, за во следните четири години да се зголеми за уште околу 50%. И потоа темпото на раст забавува, што е нормално, како што се заситува пазарот пополека и сите се здобиваат со картичка, некои и со неколку, од своите банки. Ако пред една деценија, бројот на кредитни картички наспроти оној на дебитните беше поголем за 10,20 или 30%, а во некои периоди речиси и изедначен, како што одминуваше времето, многу побрзо растеше

ќе се добие дека просечната вредност кај овие првите е 1.125 денари (20-тина евра), а на една интернет трансакција околу 1.660 денари (27 евра). Ова само како потврда дека корисниците на картички многу повеќе пари вадат на банкомат одошто купуваат во продавница или на интернет. Кај користењето картички за купување или вадење пари на странски продажни места, поголема динамика се забележува во месеците јули и август, заради годишните одмори, кога луѓето или на физички места за продажба ги користат своите картички надвор од земјава, или пак уплаќаат превоз или сместување кај странски интернет трговци, директно во хотелите и сл. бројот на издадени дебитни картички, што е и разбирливо, со оглед дека и заради законската регулатива, односно со воведувањето на трансакциските сметки, секој вработен практично доби дебитна картичка од банката каде што му се префрла платата. Денес, бројот на дебитни во однос на кредитни картички во оптек е 79% спрема 21%. Она што е новитет во податоците на НБРМ од вториот квартал минатата година наваму, е што сега може да се види и колку картички од кој картичен бренд има, поточно Visa има 1,1 милион, MasterCard околу 636 илјади, додека речиси 86 илјади картички се на останатите брендови - American Express, Diners, и некои сопствени картички издадени од поедини банки.

А, НО ПОТРЕБНО Е ВРЕМЕ И ЕДУКАЦИЈА ЗА ДА ГО ИСКОРИСТУВААТ ПОВЕЌЕ


www.kapital.mk

Капитал број 903 17.02.2017

30

ПЛАТЕЖНИ КАРТИЧКИ

Вкупно трансакции со картички (јануари - септември 2016) (во евра)

Вкупно

Физички лица

%

Правни лица

%

1.413.855.443

69,65

130.668.281

55,34

1.544.523.794

68,16

544.157.908

26,81

35.949.388

15,22

580.107.323

25,60

Депонирање готовина на банкомати

21.195.708

1,04

55.266.120

23,41

76.461.829

3,37

Трансакции на интернет продажни места

50.589.892

2,49

14.239.068

6,03

64.828.962

2,86

2.029.798.951

100,00

236.122.857

100,00

2.265.921.908

100,00

Повлекување готовина од банкомати Трансакции на физички места на продажба (ПОС)

Вкупно:

(физ.+прав.)

%

Извор: Народна банка на РМ

Трансакции на уреди во Македонија со картички издадени во земјата (јануари - септември 2016) (во евра)

Вкупно

Физички лица

%

Правни лица

%

1.368.880.229

75,15

22.557.619

22,33

1.391.437.848

72,37

417.128.533

22,90

20.038.173

19,84

437.166.706

22,74

Депонирање готовина на банкомати

21.195.708

1,16

55.266.120

54,71

76.461.828

3,98

Трансакции на интернет продажни места

14.334.049

0,79

3.149.827

3,12

17.483.876

0,91

1.821.538.519

100,00

101.011.739

100,00

1.922.550.258

100,00

Повлекување готовина од банкомати Трансакции на физички места на продажба (ПОС)

Вкупно:

(физ.+прав.)

%

Извор: Народна банка на РМ

Трансакции на уреди во странство со картички издадени во Македонија (јануари - септември 2016) (во евра)

Вкупно

Физички лица

%

Правни лица

%

Повлекување готовина од банкомати

14.926.950

14,85

2.656.086

8,96

17.583.036

13,51

Трансакции на физички места на продажба (ПОС)

50.754.377

50,51

15.911.216

53,65

66.665.593

51,23

0

0,00

0

0,00

0

0,00

34.803.861

34,64

11.089.242

37,39

45.893.103

35,26

100.485.188

100,00

29.656.544

100,00

130.141.732

100,00

Депонирање готовина на банкомати Трансакции на интернет продажни места Вкупно:

Трансакции на уреди во Македонија со картички издадени во странство (јануари - септември 2016) Вкупно

(во евра)

(физ.+прав. лица)

Повлекување готовина од банкомати Трансакции на физички местана продажба (ПОС) Депонирање готовина на банкомати Трансакции на интернет продажни места Вкупно:

%

135.501.670

63,56

76.230.965

35,76

0

0,00

1.451.945

0,68

213.184.580

100,00

Извор: Народна банка на РМ

Сè уште доминира вадењето пари од банкомат

Новитет во статистиката е што сега се евидентираат и колку од издадените картички се контактни, или околу 1,59 милиони, додека функцијата контактни/бесконтактни, ја имаат нешто над 187 илјади картички. Банките имаат издадено и околу 18.500 интернет картички, наменети исклучиво за онлајн купување. Од сите картички во Македонија, само 1,5% или околу 28 илјади, се издадени на име на правно лице. Сепак, и покрај тоа што картичка има секој,

таа и понатаму се користи во најголем дел за вадење пари: околу 70% од трансакциите се на банкомат. Околу 27% е на физички продажни места, односно ПОС терминали, додека едвај 3% промет се случува преку интернет. “Навиките на корисниците тешко се менуваат“, вели Билјана Доновска – Гечева, директор на КАСИС процесинг центарот за картички, кој што опслужува десетина банки во земјава, но и регионот. “Луѓето го имаат комфорот што им го пружа картичката, но потребно е време и едукација за да го

(физ.+прав.)

%

искористуваат повеќе. Причини за вака големиот обем на вадење кеш од банкомат има повеќе, една е сосема практична, односно луѓето се грижат да не останат без готови пари затоа што немаат банкомат од својата банка во близина кај што живеат, работат и сл., па вадат поголеми суми одеднаш. Иако и да останат без пари, тоа не е толкав проблем, затоа што речиси сите трговци имаат инсталирано ПОС терминали, па може да се плаќа со картичка. “, вели Доновска – Гечева. Можен начин на решавање на проблемот со недостапноста на банкоматите е банките да соработуваат меѓу себе, односно заеднички да делат банкомати, па автоматски се зголемува нивниот број за корисниците од секоја банка вклучена во таков процес. “Ова во поразвиените пазари одамна се прави, па дури и во регионот, во БиХ на пример има такви платформи, го викаат ATM Sharing. Со тоа им овозможувате привилегија на клиентите да имаат повеќе банкомати на располагање, без да плаќаат провизии, кои вообичаено се прилично високи. Ние направивме еден ваков пилот проект со три банки во земјава и засега се покажува одлично. Всушност, кога ќе бидат свесни дека имаат повеќе места каде што може да извадат пари, корисниците стануваат поспокојни и помалку вадат

МРЕЖА: ОКОЛУ 35.000 ПОС ТЕРМИНАЛИ ИМА ВО ЗЕМЈАВА



www.kapital.mk

Капитал број 903 17.02.2017

32

ПЛАТЕЖНИ КАРТИЧКИ

пари од банкомат. “, објаснува нашата соговорничка.

Дома е “свртен“ 85% од прометот со картички

“Сега, имаме на располагање подетални податоци во доменот на статистиката за платежните картички. За разлика од претходната методолошка поставеност според којашто известувачите доставуваа агрегирани податоци за трансакции во денари направени со домашни и странски картички само во Македонија, новата методологија ги опфаќа и прекуграничните аспекти од прометот со платежните картички. Така, според новата методологија прометот со картичките е разграничен во три категории од аспект на локацијата на уредите за прифаќање на истите, и тоа: промет на домашни уреди со картички издадени во земјата; промет на домашни уреди со картички издадени во странство; и промет на уреди во странство, а со картички издадени во Македонија. Со други зборови, тоа значи дека сега располагаме со податоци за трансакциите коишто резидентите ги прават со платежни картички како во земјата така и странство, и податоци за трансакции на нерезидентите во Македонија со нивните платежни картички“, велат од НБРМ. Па, така, сега покрај тоа што може да се види дека во првите девет месеци лани вкупната вредност на трансакциите со картички изнесувала околу 2,26 милијарди евра (во 2005-та на пример оваа сума била околу 187 милиони евра, во 2010-та 1,65 милијарди евра, а во 2015-та 2,38 милијарди евра), се гледа и дека со домашни картички во домашен промет се “свртени“ 1,92 милијарди евра или 85% од вкупните трансакции со картички. Од нив, 72% се вадење пари од банкомат, 23% е промет на ПОС терминали, 3,98% е депонирање готовина на банкомати (опција што им е понудена на клиентите од пред година и половина во некои банки) и прескромни 0,91% трансакции преку интернет. Со картички пак, издадени во странство (што значи, може тоа да се странски туристи во земјава, странци со привремен престој или пак македонски иселеници што доаѓаат повремено во Македонија, н.з.) направен е промет од 213 милиони евра, од кои што, 63,5% е повлекување пари од банкомат, 36% на ПОС терминали и незначителни 0,5% преку интернет. Кај третата категорија, трансакции на уреди во странство, а со картички издадени во земјава, ситуацијата е следна: македонските граѓани што патуваат во странство од тамошни банкомати повлекле 17,6 милиони евра или 13,5% од вкупните трансакции. Во хотели, продавници, аеродроми и сл., потрошиле 66,7 милиони евра (51,2%), додека трансакциите на интернет продажните места се 45,9 милиони евра (35,2%). Ова се всушност резервациите што граѓаните, компаниите и останатите организации ги прават за авионски билети, сместување, купувањето стока од сајтовите како Aliexpress, итн. nnn

Уреди коишто прифаќаат платежни картички во Македонија Банкомати (АТМ) Уреди на физички места на продажба (ПОС)

34.574

1.034

а) контактни

24.515

б) контактни/бесконтактни

10.059

Интернет продажни места

669

Останати уреди за прифаќање на плаќања

750

Извор: Народна банка на РМ (состојба на 30.09.2016)

Број на платежни картички издадени во Македонија Картички со функција за повлекување/депонирање на готовина Физички лица

Правни лица

1.801.676

28.283

од коишто: 1.107.714

Виза

636.328

Мастеркард

85.917

Останати (Ам.екс., Дајнерс...) Извор: Народна банка на РМ (состојба на 30.09.2016)

Картички со платежна функција Физички лица

Правни лица

1.771.533

26.083

1.401.600

16.371

369.933

9.712

1.566.593

25.239

186.446

819

18.494

25

од коишто: Дебитни Кредитни од коишто: Контактни Контактни/бесконтактни Интернет картички Извор: Народна банка на РМ

Вкупен број (независно од бројот на функциите на картичката) Физички лица

Правни лица

1.820.170

28.308

УДЕЛ: ОКОЛУ 10% ОД ПРОМЕТОТ Е СО СТРАНСКИ КАРТИЧКИ



www.kapital.mk

Капитал број 903 17.02.2017

34

ИНТЕРВЈУ

ЕМИЛИЈА СПИРОВСКА

ЧЛЕН НА УО НА ПРОКРЕДИТ МАКЕДОНИЈА

ПОЛЕСЕН ПРИСТАП ДО КРЕДИТИ

E

вропскиот Инвестициски Фонд (ЕИФ) и ПроКредит Македонија потпишаа договор за гаранција со кој ќе се пласираат 10 милиони евра за поддршка на мали и средни претпријатија преку Фондот за обнова и развој на Западен Балкан. Како дојде до оваа соработка? Соработката со ЕИФ дојде како резултат на заедничкиот фокус на делување на нашата банка и стратешкиот интерес на ЕИФ во доменот на финансиска поддршка на малите и средни претпријатија

како и ориентацијата кон развојно ориентирано претприемништво. Како банка, имаме претходно искуство со ЕИФ и сме пласирале финансиска поддршка во форма на кредити на растечки бизниси на кои им се потребни финансиски средства. Целта на овој договор е да се олесни пристапот до финансирање за МСП во Македонија во текот на следните две години. Преку оваа гарантна шема ќе пласираме кредити со намалени критериуми во поглед на обезбедувањето потребно за кредитот. Преку зголемување на бизнис активноста на пазарот, ПроКредит придонесува

за раст и развој на економијата во Македонија, поголемата конкурентност на пазарот и отворањето на нови работни места. XКои X бизниси ќе имаат пристап до средствата обезбедени со договорот со ЕИФ и за какви намени ќе може да се искористат овие кредити ? Средствата се достапни за сите мали и средни претпријатија до 250 вработени. Компаниите ќе може да ги користат средствата за набавка на основни или обртни средства со рок на отплата до 10 години. XКоја X е предноста доколку компаниите ги користат средствата

ДОСТАПНОСТ: ЗА СИТЕ МАЛИ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈ


www.kapital.mk

Капитал број 903 17.02.2017

ПЛАТЕЖНИ КАРТИЧКИ

35

Најголемата предност на оваа гарантна шема е во намалените барања за обезбедување на кредитите, а дополнително каматните стапки се намалени за 0.25% во однос на стандардните.

ПроКредит Банка и Европскиот инвестициски фонд потпишаа договор за гаранција со цел олеснување на пристапот до финансирање на малите и средни претпријатија. Емилија Спировска, члена на УО на ПроКредит Македонија објаснува подетално за новата кредитна линија од 10 милиони евра. која сè уште не е стигната во од оваа гарантна шема? Македонија. Ова е доста интересно Кредитите кои ги пласираме како за растечките компании кои немаат дел од оваа соработка со ЕИФ да понудат доволно обезбедување, имаат повеќе предности во однос а имаат значаен на другите кредити. потенцијал за раст и Истите се соодветни развој. Дополнителна и за инвестициите во предност на кредитите фиксни и во обртни од оваа гарантна шема средства. Максимален Интересот е се намалувањата износ на кредит ќе голем, овие на каматните стапки биде 500.000 евра, а кредити ги за 0.25% во однос на максимален рок 10год. нудиме на стандардните. Најголемата предност е пазарот во намалените барања u Како банка која само неколку за обезбедување на активно го следи развојот кредитите. Компаниите седмици, а во бизнис секторот, дали може да ги користат веќе имаме сметате дека постои средствата со многу потенцијал на пазарот во процес помало обезбедување и има компании кои десетина во однос на се спремни на нови кредитни стандардните услови долгорочни инвестиции? апликации во кои ги нудат банките. Успешните вкупен износ од претприемачи се Ова практично значи дека компаниите 2 милиони евра. секогаш подготвени може да ги користат за нови предизвици средствата и без било и вложувања во каква хипотека со рок сопствениот бизнис. Интересот го до 3 години или пак да ги користат потврдува и фактот што овие кредити кредитите за набавка на опрема ги нудиме на пазарот само неколку

ЈАТИЈА ДО 250 ВРАБОТЕНИ

седмици, а веќе имаме во процес десетина кредитни апликации во вкупен износ од 2 милиони евра. Бизнисмените ги согледуваат предностите кои ги имаат од оваа понуда и ги искористуваат сите можности кои се отвораат пред нив. XПроКредит X Македонија е дел од ПроКредит Групацијата која има широка мрежа на банки во Југоисточна Европа. Дали покрај кредитирањето имате и други предности кои може да им ги понудите на компаниите кои дејствуваат во овој регион и сакаат да се шират меѓународно? Фактот што сме дел од силна Групација во Југоисточна Европа носи повеќе придобивки за клиентите, особено за оние кои имаат меѓународна соработка со партнери во странство. Ние сме единствена банка која нуди фиксна цена за плаќања во странство. За плаќања во рамки на банките од ПроКредит Групацијата, девизните плаќања се исклучително атрактивни и изнесуваат само 2.5 евра фиксна провизија. Сите приливи од странство на компаниите кои соработуваат со ПроКредит се без провизија. Практично нашите клиенти со меѓународни бизниси може побрзо, поевтино и поефикасно да соработуваат со нивните корпоративни партнери во земјите каде ние како групација имаме банка. Секое претпријатие кое работи во повеќе земји во кои ПроКредит има своја банка добива меѓународен финансиски лимит. Тоа значи комплетна финансиска поддршка за потребите на сите меѓународни претставништва од еден и единствен партнер, особено за меѓународните подружници на бизнис кој е во фаза на почетни вложувања во клучните развојни фази, кога инвестицијата е во стартап фаза. nnn


www.kapital.mk

Капитал број 903 17.02.2017

36

ПЛАТЕЖНИ КАРТИЧКИ

ГИ ПРЕТСТАВУВАМЕ НАЈНОВИТЕ КАРТИЧНИ ПРОДУКТИ НА БАНКИТЕ ВО ЗЕМЈАВА

БЕСКОНТАКТНИТЕ КАРТИЧКИ СЕ СЛЕДНОТО “ГОЛЕМО НЕШТО“ ВО МАКЕДОНИЈА пишува:

A

Игор Петровски

igor.petrovski@kapital.mk

Ако на почетокот беше предизвикот платежните картички да влезат во животите на македонските граѓани, денес, после дваесетина години од промовирањето на првите картички од страна на домашните банки, кога веќе сите имаат барем по една картичка во новчаникот, императивот е како да се натера и најконзервативниот љубител на кеш да не ја вади целата

плата или пензија од банкомат, туку да си ја користи картичката со целосна комоција при купување во продавница, плаќање разни услуги, плаќање сметки или купување производи онлајн... И уште повеќе, банкарите сакаат и самите чекори на плаќање на ПОС терминалите во трговијата да ги поедностават за своите клиенти, преку промовирање на бесконтактните картички, кои што допрва треба да станат масовно прифатени кај потрошувачите. Со нив со опслужуваат повеќе клиенти за пократко време, полесно и побрзо се употребува картичката, се зголемува продажбата на трговците, итн. Како што вели, одговорниот за картично работење во Стопанска банка - Скопје, Стефан Пепоски, бесконтактните плаќања се новиот начин за плаќање со картичка, тие се “The Next Big Thing” (Следното големо нешто, н.з.) во Македонија.

“Бесконтактните плаќања со картичка веќе ни ја доловуваат и иднината на плаќањата која секако ќе биде бесконтактна со употреба на пластична картичка или картичка која ќе биде софтверски вчитана/ вградена во самите мобилни телефони“, вели Пепоски, директор на Дирекција за управување со картични производи во Стопанска банка – Скопје. Бесконтактни картички нудат уште неколку банки, меѓу кои Комерцијална, Шпаркасе, НЛБ, Унибанка... “Комерцијална Банка прва на пазарот воведе можност за бесконтактно плаќање преку дебитните картички како картички чија достапност и искористеност е најмасовна, со што беше главен двигател придонесувајќи кон омасовување и распространување на оваа услуга и нејзина прифатеност од страна на клиентите. Воведувањето на бесконтактните плаќања претставува начин

НОВИТЕТ: 186 ИЛЈАДИ ИЛИ 10% ОД КАРТИЧКИТЕ СЕ И БЕСКОНТАКТНИ



www.kapital.mk

Капитал број 903 17.02.2017

38

ПЛАТЕЖНИ КАРТИЧКИ

Б

СТЕФАН ПЕПОСКИ

директор на Дирекција за управување со картични производи, Стопанска банка – Скопје

есконтактните плаќања со картичка веќе ни ја доловуваат и иднината на плаќањата која секако ќе биде бесконтактна со употреба на пластична картичка или картичка која ќе биде софтверски вчитана/вградена во самите мобилни телефони. Бесконтактните плаќања се новиот начин за плаќање со картичка, тие се “The Next Big Thing” во Македонија, а искуството во сите земји каде се воведени покажува дека придонесуваат кон почесто користење на картичката во секојдневните плаќања.

на плаќање преку кој и трговците и банките и клиентите можат да почувствуваат значајни придобивки, во смисла на намалени оперативни трошоци, поголем број опслужени клиенти за пократко време, полесна и побрза употреба на картичката, како и зголемена продажба.“, вели Киро Чадиковски, директор на Дирекцијата за банкарски картички и трансакциски сметки, во Комерцијална банка. Со цел привлекување на нови клиенти и задржување на постојните, Комерцијална банка континуирано инвестира во разввање на нови производи и услуги, усовршување и модифицирање на постојните, при што нуди разни поволности за клиентите, како најповолни каматни стапки, ослободување од членарина за првата година од користењето, промотивни кампањи, попусти, привилегии, бонуси, објаснуваат од банката. “Целта на сите овие активности е да се направат картичките подостапни и поатрактивни за клиентите, при што едукацијата на населението, како и на трговците е еден од најважните начини за промоција на поволностите кои ги нудат картичките на Комерцијална банка. Секако, потребно е и согледување на придобивките од користење на картички, како и стекнување на соодветни навики за плаќање со картички.“, додава Чадиковски. Кога зборуваме за бесконтактните картички,

В

о време кога платежните картички веќе не се табу тема за корисниците, банките се стремат да понудат иновативни услуги и можности за клиентите со кој ќе го привлечат нивното внимание. Ако во минатото банките на своите клиенти им ги посочуваа предностите од користењето на платежни картички, денес кога ФИЛИП најголем дел од населението ЧИЖБАНОВСКИ користи платежни картички банките директор на се насочени кон креирање на Дирекција канали на дистрибуција, производ кој во целост ќе го замени Шпаркасе банка користењето на готовина.

банкарите истакнуваат дека едноставноста и брзината што ги прават плаќања удобни и комфорни, не смеат да бидат на сметка на сигурноста. “Дури и повеќе, кај бесконтактните плаќања постои и поголема физичка безбедност бидејќи при процесот на плаќање картичката е во рацете на корисникот, без при тоа некој да може да ги види податоците или ископира податоците од картичката.“, вели Маја Јакимовска – Наскова, директор на Дирекцијата за картично работење во УниБанка, која што исто така ја овозможува бесконтактната технологија на плаќање со картичките. Што се однесува пак до заштитата на корисниците при плаќање на интернет, УниБанка ја воведува т.н. 3D автентикација и ќе им овозможи на клиентите во услови кога тие купуваат или плаќаат на интернет да бидат поуверени во процесот на плаќање. Со картичките од УНИБанка е овозможено плаќање на рати без камата на повеќе од 260 продажни места, на ПОС терминалите на УНИБанка. Корисник на картичка од УНИБанка има можност да купи веднаш а да го плати износот на максимум 48 рати, зависно од продажното место. Бројот на продажни места на кои се овозможува плаќање на рати без камата постојано се зголемува, со што на клиентите им се зголемува можноста за користење на поволно пазарење во секое време.

Програми и шеми за лојалност

Во НЛБ Банка за да го стимулираат користењето на картичките од страна на нивните клиенти креираат различни услови, специјално за потребите на одделни групи корисници. На пример, со картичките се нудат можностите на поделба на рати на одделни куповни трансакции над определен износ, примена на револвинг принципот при отплата на долг, грејс период во доспевањето на рати за отплата, поделба на рати на одделни плаќања без задолжување со камата итн. “Во НЛБ Банка во континуитет работиме едуцирање на клиентите за нашите продукти, соодветно и за картичките. Организираме бројни промотивни активности, на кои се потенцираат предностите на картичните продукти, се стимулира нивното користење и соодветно се наградува. Кон крајот на годината имавме промотивна кампања за картичките од брендот VISA, а февруари месец ќе биде во знак на картичките од MasterCard програмата во кој секоја апликација за картичка Банката ќе ја наградува со карти за кино, театар или куглање.

Предизвикот за банкарите е како да се натера и најконзервативниот љубител на кеш да не ја вади целата плата или пензија од банкомат, туку да си ја користи картичката со целосна комоција при купување во продавница, плаќање разни услуги, плаќање сметки или купување производи онлајн... И уште повеќе, банкарите сакаат и самите чекори на плаќање на ПОС терминалите во трговијата да ги поедностават за своите клиенти, преку промовирање на бесконтактните картички, кои што допрва треба да станат масовно прифатени кај потрошувачите.

КЕШ: 72% ОД СÈ ШТО ОДИ ПРЕКУ КАРТИЧКА Е ВАДЕЊЕ ПАРИ ОД АТМ


www.kapital.mk

Капитал број 903 17.02.2017

39

Т

ВЕСНА ДАЦЕВА

директор на Сектор за работа со физички лица, Стопанска банка – Битола

ехнологијата и инфраструктурата, кои низ годините стануваат се повеќе прифатени од корисниците, овозможуваат креирање и на нови дополнителни услуги како лојални програми, cash-back програми, развој и усовршување на е-commerce решенијата. Во комбинација во веб апликации за менаџирање со средствата и кредитните картички, овој систем треба да им го олесни пристапот на корисниците кон своите средства 24/7.

Уште една придобивка за клиентите е можноста за користење на картичките без членарина за следната година доколку во промотивниот период кој трае до 28.02.2017 година, направат 10 трансакции со картичките од Master програмата.“, вели Маја Ставрева – Јованова, директор на Деловна мрежа во НЛБ Банка. Од Силк Роуд банката пак, како единствен и ексклузивен издавач на картичките American Express за Македонија, велат дека во период кога интересот за картичните

И

МАЈА СТАВРЕВА – ЈОВАНОВА директор на Деловна мрежа, НЛБ Банка

нтересна можност која ја нудат нашите картички е функционалноста ‘штеди го кусурот’. Истата подразбира дека може да се дополни било која картичка според изборот на клиентот, а извршените плаќања може да се заокружуваат за 50, 100 или повеќе денари над износот на кој се реализира трансакцијата. Разликата помеѓу износот на кој се реализира трансакцијата и заокружениот износ се депонира на посебна сметка на клиентот и му овозможува заштеди без сериозно финансиско оптоварување.

производи опаѓа наспроти останатите кредитни производи, ја нудат уникатната Твој Бонус програма. “Се работи за програма и шема за лојалност со која корисниците добиваат до 15 % бонус во форма на поврат на средства на својата сметка. Програмата ја сочинуваат преку 100 брендови и е присутна на повеќе од 250 продажни места. Тоа што Твој Бонус ја прави различна е дека истата нема ограничувања на потрошен износ ниту на производи што се купуваат.“, вели Бранко

Тодоровски, директор на Службата за картички во банката. Во основата на програмата, додава тој, е втемелен принципот “тоа што го гледаш е тоа што го добиваш”, па клиентите немаат обврска да собираат поени, да се ограничуваат на производи, ниту пак да делат проценти. “Бонусот се однесува на целиот асортиман кој го нудат трговците, без разлика дали истите се веќе на попуст или не, затоа што бонусот се пресметува на целокупниот


www.kapital.mk

Капитал број 903 17.02.2017

40

ПЛАТЕЖНИ КАРТИЧКИ

З КИРО ЧАДИКОВСКИ директор на Дирекција за банкарски картички и трансакциски сметки, Комерцијална банка

а поедноставен увид во трансакциите со картички, во тек е континуирана надградба на Интернет Банката и мобилната апликација мБанка, кои на клиентите им овозможуваат голем број поволности, со што добиваат поголема контрола врз трошењето, заштеда на времето потребно за доаѓање во банката, како и зголемена безбедност при потенцијална злоупотреба на картичките. Нудиме и разни поволности за клиентите, како најповолни каматни стапки, ослободување од членарина за првата година од користењето, промотивни кампањи, попусти, привилегии, бонуси...

износ кој ќе се плати со картичката.“, ни рече Тодоровски од Силк Роуд.

Бизнис картички со погодности за компаниите

Во време кога платежните картички веќе не се табу тема за корисниците, банките се стремат да понудат иновативни услуги и можности за клиентите со коишто ќе го привлечат нивното внимание. Шпаркасе Банка Македонија на своите клиенти, корисници на платежни картички им нуди повеќе можности поврзани со картичките, како што е плаќање на рати без редовна камата со кредитните картички за физички лица. Банката постави и банкомати кои имаат можност за депонирање на готовина и менување на евра во денари со цел клиентите и по завршувањето на работното време да можат да уплатат готовина на својата дебитна/кредитна картичка при што средствата веднаш им се на располагање. “Исто така, воведовме и бесконтактни картички од брендот MasterCard и имплементиравме бесконтактна технологија на ПОС терминалите на банката со цел олеснување на плаќањето во трговија без внесување на ПИН за трансакции до 750,00 денари“, вели Филип Чижбановски, директор на Дирекцијата канали на дистрибуција во Шпаркасе банка. Банката има и промотивна понуда за корисниците на кредитни картички MasterCard Standard, MasterCard Gold, Visa Classic и Visa Gold за повлекување на готовина од АТМ без провизија во секој последен викенд од месецот во текот на цела 2017 година. ПроКредит банка беше пак, првата банка во Македонија што понуди 24-часовна услуга на депонирање и повлекување пари од трансакциските и штедни сметки на банкомат, преку услугата Зона 24/7. “Како 100% автоматизирана банка, единствени нудиме мултивалутни картички на своите клиенти. Една картичка може да биде поврзана со максимум 8 сметки на кои е овластен сопственикот на картичката и им овозможува на клиентите пристап

С ГОРАН ХАЏИПЕТРОВ Директор на Сектор за електронски услуги, ПроКредит Македонија

до своите сметки за време на неработни денови, празници или викенди.“, истакнува Горан Хаџипетров, директор на Секторот за електронски услуги во ПроКредит Македонија. Тој додава дека со нивните бизнис картички клиентите може да вршат уплата на дневен промет на банкомат, да повлекуваат материјални или патни трошоци и да ги користат истите за плаќања во продажната мрежа во земјата и странство или на интернет. “Околу 60% од вкупниот број на трансакции направени со бизнис картичка се однесуваат на плаќања на ПОС терминали во продажни објекти и тоа најчесто за купување на репроматеријали, службени патувања во странство, плаќања патарини, надополнување гориво за службените возила и слично. Плаќањата на интернет со бизнис картичка се исто така застaпени и тоа во најголем обем за плаќања кон Централен регистер, Катастар, како и резервирање авиобилети за службени патувања. Употребата на бизнис картичка е секојдневие за нашите бизнис клиенти.“, додава Хаџипетров.

Осигурување на платежни картички како новитет

Освен тоа што нуди десет дебитни и кредитни картички за различни потреби на клиентите, меѓу кои Visa Gold и MasterCard Platinum кредитните картички, како и MasterCard и Visa бизнис картичките поврзани со жиро сметката на клиентите – правни лица, Охридска банка членка на Сосиете Женерал групацијата, работи на воведување на уште три нови картички што ќе го заокружат портфолиото на картички за сечии потреби и секакви намени. “Споделувајќи ги најдобрите практики помеѓу компаниите од Сосиете Женерал Групацијата, Охридска банка во 2012 г. стана првата банка лиценцирана да дејствува како застапник во осигурувањето и ја лансираше пионерската понуда за кредитно животно осигурување која на клиентите им понуди дополнителна заштита, се поставија и темелите на осигурување во

о бизнис картичките на ПроКредит Банка клиентите може да вршат уплата на дневен промет на банкомат, да повлекуваат материјални или патни трошоци и да ги користат истите за плаќања во продажната мрежа во земјата и странство или на интернет. Околу 60% од вкупниот број на трансакции направени со бизнис картичка се однесуваат на плаќања на ПОС терминали во продажни објекти и тоа најчесто за купување на репроматеријали, службени патувања во странство, плаќања патарини, надополнување гориво за службените возила и сл.

банкарството во Mакедонија“, вели Оливер Гаврески, раководител на Дирекцијата за мултиканална поддршка на банкарското работење во Охридска банка СЖ. Непосредно потоа, Охридска банка за првпат на македонскиот пазар ја лансираше опцијата за осигурување на платежни картички (кредитни и дебитни) – “ИН Кардс“. Стопанска банка – Битола минатата година ја завршила со пораст на издадените картички за 20%, а во банката очекуваат ова темпо да се задржи и годинава. “Технологијата и инфраструктурата, кои низ годините стануваат сè повеќе прифатени од корисниците, овозможуваат креирање и на нови дополнителни услуги како лојални програми, cash-back програми, развој и усовршување на е-commerce решенијата. Во комбинација во веб апликации за менаџирање со средствата и кредитните картички, овој систем треба да им го олесни пристапот на корисниците кон своите средства 24/7. “, вели Весна Дацева, директор на Сектор за работа со физички лица во Стопанска банка – Битола. Стопанска банка а.д. Битола на своите клиенти им нуди дебитни и кредитни картички од брендовите Visa и MasterCard кои им овозможуваат на корисниците плаќања на сите видови на терминали (POS, АТМ, web POS). Кај дебитните картички новитет е MasterCard debit која е комбинирана дебитно кредитна картичка, со можност за подигање на готовина на шалтерите во банката со отплата и до 24 рати. MasterCard standard кредитната картичка на Стопанска банка - Битола нуди можност клиентот сам да го одбере процентот на месечна отплата на потрошениот кредитен лимит, кој минимално може да биде 1% од износот на реализираните трансакции во текот на месецот. Картичките од брендот MasterCard овозможуваат и бесконтактно плаќање на ПОС терминали, со лимитирани износи по трансакција, а со цел поедноставно, побрзо и поудобно користење на продажните места. nnn

КОРИСТЕЊЕ: 10% ОД СИТЕ КАРТИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СЕ НА ПРАВНИ ЛИЦА



www.kapital.mk

Капитал број 903 17.02.2017

42

ПЛАТЕЖНИ КАРТИЧКИ ОНЛАЈН ТРГОВИЈА СО КАРТИЧКИ ВО МАКЕДОНИЈА, КАЈ ДОМАШНИ ТРГОВЦИ

18,40

11,43

0,932

1,28

2011

2012

17,48

ВО МИЛИОНИ ЕВРА

2,52 *За 2016 податоците се само за првите девет месеци

2013

2014

2015

Извор: НБРМ

2016 *

ЕДВАЈ 4% ОД ТОА ШТО СЕ ПЛАЌА СО КАРТИЧКА КАЈ ДОМАШНИ ТРГОВЦИ Е ОНЛАЈН

МАКЕДОНЦИТЕ ТРОШАТ 2,5 ПАТИ ПОВЕЌЕ ПАРИ НА СТРАНСКИ ИНТЕРНЕТ САЈТОВИ

До пред неполна година домашните банки немаа обврска кај Народната банка да пријавуваат онлајн трансакции со картички, направени кај странски интернет трговци. Откако се воведе оваа обврска, излезе дека бројката што сите ние мислевме дека е целата интернет трговија, всушност е поголема. И дека од 65-те милиони евра потрошени од јануари до септември лани со картички онлајн, 46 милиони се потрошени на странските веб страни што продаваат нешто. Банките велат дека 10% од сите плаќања со картичка се вршат онлајн, а околу 40-50% од тоа што се троши на домашен пазар, оди за плаќање режиски трошоци и други услуги.

ТРГОВЦИ: ИМА 670 ДОМАШНИ ИНТЕРНЕТ ПРОДАЖНИ МЕСТА


www.kapital.mk

Капитал број 903 17.02.2017

43 пишува:

O

Игор Петровски

igor.petrovski@kapital.mk

Околу 65 милиони евра е сумата што преку картички е потрошена за купување онлајн во Македонија, во првите девет месеци од 2016 година. За трите квартали засега се достапни резултатите во статистичката база на Народната банка – НБРМ. Поточно, овие пари опфаќаат сè: прометот со картичките издадени во земјава од домашните банки со кои што е купувано на домашни интернет продажни места, но и на странските; како и прометот со картичките издадени од странски банки со кои што е купувано кај македонските интернет трговци. Откако НБРМ од минатата година воведе

нова методологија во пресметувањето на прометот со платежни картички, се забележува значителна промена: имено, вредноста на онлајн трансакциите сега е неколкукратно поголема. Да речеме, ако по старо, во првите три месеци од 2016 –та, тоа што беше бележано како “трансакции преку персонален компјутер или друг терминал“ имало вредност од 7,11 милиони евра, со новата методологија, вредноста на, по ново, “трансакции на виртуелни места на продажба (интернет - продажни места)“ е 22,2 милиони евра, или три пати повеќе. “Поголемата вредност откако е воведена новата методологија се должи на фактот што сега банките се задолжени до нас да ги доставуваат податоците и за прометот со картички што онлајн се врши прекугранично, односно на странски виртуелни продажни места, што претходно не беше случај. Така што, сега имаме увид во тоа колку точно е онлајн прометот во земјава, а колку со домашни картички се купува на странски сајтови, за најразлични производи и услуги кои тие ги нудат.

Претходно, всушност, она што било бележано како онлајн трансакции се однесувало само на промет во рамки на националниот платежен систем, кај домашни интернет трговци и други даватели на услуги што може онлајн да се платат со картичка (на пр. државни институции). Повисокиот износ на прометот што со домашни картички се прави кај странските интернет трговци не зачудува, затоа што понудата на домашните онлајн продавници се’ уште не е доволно развиена, а можностите за нарачки од странство на стоки и услуги се огромни.“, објаснуваат од НБРМ. За минатата година, во првите девет месеци, од 64,8 милиони евра онлајн трансакции со картички, со домашни картички кај домашни интернет трговци реализирани се 17,5 милиони евра, или 27%. Македонските граѓани со своите картички на странски трговски сајтови пак, направиле промет од 45,9 милиони евра, или 70% од вкупните онлајн трансакции. Остатокот, 3% или 1,45 милиони евра е со картички издадени во странство, кои што онлајн нешто купувале во земјава.


www.kapital.mk

Капитал број 903 17.02.2017

44

ПЛАТЕЖНИ КАРТИЧКИ

О

БРАНКО ТОДОРОВСКИ

директор на Служба за картички, Силк Роуд банка

колу 10% од трансакциите на Силк Роуд Банка (сите картични производи) се направени на интернет. Околу 12% од овие трансакции се за режиски трошоци. Ова се должи на фактот дека нашите VISA картички се користат за плаќање на вакви услуги. Нашите American Express картички сè повеќе се користат на Booking.com, PayPall, Amazon, Ali Express, итн., а размислуваме на платформа за нивно широко прифаќање и од домашните интернет трговци.

БРОЈКИ

65

милиони евра потрошени се во првите девет месеци од 2016 со картички на интернет

70%

од парите потрошени онлајн се на странски интернет сајтови

55%

од бројот на трансакции се кај странските онлајн трговци

2.200 денари е просечната трансакција кај странски интернет трговци

1.000 денари е просечната трансакција кај домашни интернет трговци

40%

од домашните интернет трансакции се за плаќање режиски трошоци

У

МАЈА ЈАКИМОВСКА – НАСКОВА директорка на Дирекција за картично работење, УниБанка

Онлајн трансакциите се 10% од плаќањата со картичка

Сепак, вредноста од безмалку 65 милиони евра за онлајн трговија преку картички во првите три квартали лани е само капка во море во однос на вкупниот промет што се прави со картички. Од вкупно 2,26 милијарди евра промет со картички, онлајн трговијата е 2,86%. Иако од овие 2,26 милијарди, 1,55 милијарди се повлекување готовина од банкомат, но сепак и од тоа што останува исклучиво за трговија, онлајн трансакциите зафаќаат не повеќе од 10%. Факт е дека низ годините онлајн трансакциите растат и по број и по вредност, но потенцијалот за уште поголема застапеност на онлајн трговијата е огромен. Заради променетата методологија во пресметката на картичните трансакции сега не би можеле да ја споредуваме вкупната сума на онлајн трансакциите со минатите години, затоа што нема конзистентност во податоците (како што објаснивме, сега се бележат и трансакциите кај странски интернет трговци, н.з.), но може да го видиме трендот на тоа што било онлајн трговија во Македонија. Во 2011, на пример, прометот со картички само во рамките на земјава бил 932 илјади евра, додека четири години подоцна е на 18,4 милиони евра. Најголемиот скок се случил во 2014 година, кога од 2,5 милиони евра претходната година, пораснал на дури 11,4 милиони евра. Но, како што смета Нина Ангеловска, ко-основач на најпознатиот сајт за е-трговија во земјава, тоа не е реален пораст на пазарот на онлајн купување, односно во голема мера се должи на лансираните кампањи за стимулирање на онлајн плаќање на сметки за телефон, вода, струја и др. “Во време на рецесија и мала куповна моќ на населението главниот поттик за да направат онлајн купување не може да биде заштедата на време или удобноста да се купува од дома. Тоа

НИБанка беше првата банка која во 2008 година во земјава ја отвори сферата на онлајн трансакции со картички. Скоро една деценија подоцна, референтната листа на нашите клиенти е потврда за успехот на визијата која ја имавме тогаш. Целите се остваруваат и денес може да кажеме дека безготовинските плаќања со картички доминираат во однос на повлекувањето на готовината, а од нив, што е исклучително одличен тренд, половина отпаѓаат на плаќањата на интернет.

се придобивки што граѓаните ќе ги почувствуваат со тек на време кога ќе креираат навика за купување онлајн. Но, најбитно за развој на онлајн купувањето е атрактивната понуда. Затоа треба не само да креираме претприемачка клима и да стимулираме отворање на нови компании што ќе продаваат онлајн, туку треба да им се даде соодветен тренинг и едукација на претприемачите за да се тргне од реалните потреби на пазарот. Министерството за информатичко општество во 2011-та имаше проект со кој се отворија 50 онлајн продавници, а денес само неколку од нив функционираат, токму поради оваа причина.“, објаснува Ангеловска.

Бројот на специјални интернет картички расте

Сите банки што ги контактиравме за потребите на оваа тема, велат дека е-трговијата континуирано расте, иако на ниво на целиот банкарски систем е на ниско ниво, во вкупната вредност на трансакциите со помош на картичка. Повеќето комерцијални банки во земјава почнаа да издаваат картички специјално наменети за интернет плаќања (во моментов има околу 18.500 такви картички) и да отвораат сметки на домашните онлајн трговци. Дополнително беше усвоена правна рамка за е-трговија, бројот на странски online продавници кои овозможуваат достава во Македонија е зголемен поради намалувањето на бројот на злоупотреби со картички и ред други поволни услови кои имаа ефект во подобрувањето на климата за развој на е-трговијата во земјава. Од Стопанска банка – Скопје ни рекоа дека речиси 10% од купувањата со платежните картички на нивните клиенти се на интернет. “Близу 60% од интернет купувањата се кон странски сајтови, но забележуваме и значаен раст на купувањата кон домашни интернет сајтови. Оваа година

ВРВ: ТРАНСАКЦИИТЕ СКОКААТ ВО ЈАНУАРИ, ЈУЛИ И АВГУСТ


www.kapital.mk www.kapital.mk

Капитал број 903 17.2.2017 Капитал број 903 17.02.2017

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

В

ОЛИВЕР ГАВРЕСКИ

раководител на Дирекцијата за мултиканална поддршка на банкарското работење, Охридска Банка Сосиете Женерал

о 2015 г. може да се забележи дека учеството на плаќањата на режиски трошоци и учеството на сите останати онлајн купувања во вкупниот број на он лајн трансакции, се движи во речиси избалансиран сооднос. Но, доколку истата анализа се направи во 2016г., забележливо е дека разликата во процентите се продлабочува, при што обемот на онлајн купувањата се зголемува и истиот учествува со 60% во вкупниот број на онлајн трансакции.

очекуваме вкупните онлајн купувања кон домашните интернет сајтови да надминат 20 милиони евра, при што секоја трета трансакција се прави со наша картичка.“, вели Стефан Пепоски, директор на Дирекција за управување со картични производи во Стопанска банка – Скопје.

41 45

В

НИНА АНГЕЛОВСКА ко- основач на Grouper.mk

Во НЛБ Банка, во 2016 имаат пораст на трансакциите со картички на интернет, на 1,3 милиони, од кои што речиси половина се реализирани на македонски сајтови. Од банката велат дека на домашните интернет сајтови граѓаните најчесто

о време на рецесија и мала куповна моќ на населението главниот поттик за да се направи онлајн купување не може да биде заштедата на време или удобноста да се купува од дома. Тоа се придобивки што граѓаните ќе ги почувствуваат со тек на време кога ќе креираат навика за купување онлајн. Најбитно за развој на онлајн купувањето сега е атрактивната понуда, што во нашиот случај значи пониската цена за производите и услугите купени онлајн.

плаќаат режиски трошоци (преку 40%), како и останати давачки кон државните и јавните институции, факултети и сл., а воедно се користат и на сајтовите кои нудат групни попусти, купување на книги, билети за различни манифестации и сл. nnn

Бескoнтактните картички од УНИБанка Современиот развој на банкарството значи инвестиции во напредна технологија, модернизирање на услугите и индивидуално прилагодување кон секоја целна група. Во таа насока, клучно е следењето на новите трендови во картичното работење и воведување нови и иновативни продукти и функционалности. УНИБанка, водејќи се од потребата плаќањето да биде побрзо и поедноставно, за своите клиенти, ја воведува бесконтактната технологија на плаќање со картичките. Едноставноста, брзината и сигурноста ги прави овие плаќања

CVV/CVC код) и можат да се користат исто како и досега, за подигање на готовина, плаќање во трговија и на интернет. Во периодот што следи, УНИБанка ќе врши замена на постоечките платежни картички со новите бесконтактни картички. Истовремено, се врши и овозможување на постоечката мрежа на терминали за процесирање на трансакции со ваков тип на картички. Радува фактот дека институциите и давателите на услуги, без разлика дали се од приватниот или државниот сектор, активно се вклучуваат во современите начини на плаќање.

удобни и комфорни, а сепак не помалку безбедни. Како и за останатите сфери на животните навики на луѓето, и кај плаќањето веќе секундите се бесценети, и ваквите технологии веќе не се тренд, туку потреба. Бесконтактните картички ја овозможуваат таа удобност и брзина, но не на сметка на сигурноста. Дури и повеќе, кај бесконтактните плаќања постои и поголема физичка безбедност, бидејќи при процесот на плаќање картичката е во рацете на корисникот, без при тоа некој да може да ги види или ископира податоците од картичката. Воедно, бескoнтактните картички ги задржуваат карактеристиките на постоечките картички (чип, ПИН код,

Со воведувањето на новата технологија очекуваме позитивни искуства и зголемено користење на платежните картички за секој вид на плаќање.


www.kapital.mk

Капитал број 903 17.02.2017

46

ПЛАТЕЖНИ КАРТИЧКИ

пишува:

Игор Петровски

igor.petrovski@kapital.mk

Г

лобалниот екосистем на плаќања постојано се менува, како што никнуваат стартапи што сакаат да го променат начинот на кој што ги движиме парите низ планетава. Business Insider претставува четири иновативни начини на плаќање што ќе ја одбележат иднината.

Мобилни новчаници

Мобилните новчаници , односно плаќањето во продавница преку апликација со вашиот мобилен телефон може да е најголемата трансформација на индустријата за процесирање на плаќањата ако се оствари како што очекуваат аналитичарите. Во 2014та Apple беше единствениот голем бренд со свој мобилен новчаник. Но, следната година и Google и Samsung лансираа свои мобилни новчаници, а Walmart и другите се придружија. Се очекува плаќањето со мобилен во продавница да порасне на 503 милијарди долари до 2020 година.

Дигитални девизни дознаки

Иселениците низ цел свет испраќаат пари на своите блиски веќе со децении, но префрлањето на овие процеси на дигитална платформа ќе го олесни процесот во голема мера. Во 2014-та 583 милијарди долари се испратени преку граници, а Светската банка очекува оваа сума да достигне 636 милијарди долари во 2017та. Во 2014-та, само 6% од сите девизни дознаки се испратиле дигитално. Затоа и не чуди огромниот наплив на стартапи што изнаоѓаат решенија токму за оваа проблематика.

Безбедност на плаќањата

Само во САД, измамите со платежни

ИДНИНАТА НА ПЛАЌАЊАТА

ЧЕТИРИ СВЕТСКИ ТРЕНДОВИ

картички ги чинеле трговците 32 милијарди долари. За да се надмине тоа, картичните компании ги натераа трговците да ги надградат своите системи со т.н. EMV сигурност, што е стандард во останатите делови на светот. EMV картичките имаат вграден микрочип за поголема безбедност. Во октомври 2015-та, одговорноста за измамите се префрли кон трговците, од страна на издавачите на картички. Оттогаш, вртоглаво расте интересот за EMV терминали.

Мобилни ПОС терминали

Мобилните ПОС (Point of Sale) уреди кренаа многу прашина кога се појавија првпат затоа што обезбедија лесен и елегантен начин за сите трговци да прифаќаат платежни картички. Денес, потрошувачите очекуваат продавачите насекаде да прифаќаат картички, па mPOS терминалите се уште повеќе значајни. BI Inteligence предвидува дека само во САД до 2021 година ќе има 27,7 милиони вакви уреди, во однос на 3,2 милиони во 2014 година. nnn

ДО КАДЕ Е МАКЕДОНИЈА?

ПРВО ДА ГИ УСВОИМЕ БЕСКОНТАКТНИТЕ КАРТИЧКИ, ПА НА РЕД Е ПЛАЌАЊЕТО СО МОБИЛЕН

О

д она што ни го кажаа домашните банки, најактуелно во периодот што следи ќе биде посилната промоција на бесконтактните картички, што треба да го олеснат секојдневното купување. На Запад веќе подолго време одомаќинети, кај нас допрва ќе се зема залет, иако првпат беа понудени пред некоја година. “Банките влегоа во бесконтактната технологија, како за терминалите, така и за картичките, што бара значителни инвестиции. Оваа технологија е предвесник за доаѓање на следново ниво – станување на бесконтактната картичка виртуелна, односно сместена во нашите мобилни телефони (ова не е сосема идентично со мобилниот

новчаник, спомнат погоре во текстот, н.з.) Пак зад целиот процес стои картичка, но таа се наоѓа во телефонот во вид на криптирани податоци за да може да се случи плаќањето“, вели Билјана Доновска – Гечева, директор на картичниот процесен центар Casys. Не може да кажеме дека “пластиката“ сосема ќе исчезне, но физичките картички ќе се заменуваат со виртуелни и тоа ќе се случува следните 5-10 години, додава таа.

БИЛЈАНА ДОНОВСКА

Гечева, директор на Casys процесинг центар:

Сè уште заостануваме зад развиените економии во поглед на технологиите на плаќање, но јазот сè повеќе се намалува.

НАЈВАЖНО: ДА БИДЕ ЛЕСНО И ДА БИДЕ БЕЗБЕДНО



РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ: 24 ФЕВРУАРИ 2017

ИНСТИТУТ КОНЦЕПТ ОРГАНИЗИРА ОБУКА ЗА:

ПРАВАТА НА ИНДУСТРИСКА СОПСТВЕНОСТ И БИЗНИС ЗАЕДНИЦАТА l 28 февруари 2017 година l 10:00-16:00 часот Институт Концепт, Скопје

АГЕНДА: l Поим на права на индустриска сопственост l Видови права на индустриска сопственост l Економско значење на правата на индустриска

сопственост

l Економски функции на правата на индустриска

l Правна заштита во Заводот за индустриска сопственост

во Република Македонија - поднесување на формулари и запазување на процедури l Патентибилност на софтвер - како да се премостат правните бариери

сопственост

l Трговска марка (стекнување, содржина, дејство и

примена во бизнисот) l Патент (стекнување, содржина, дејство и примена во бизнисот) l Индустриски дизајн (стекнување, содржина, дејство и примена во бизнисот) l Правна заштита на правата на индустриска сопственост

ПРЕДАВАЧИ:

ПРОФ. Д-Р ЈАДРАНКА ДАБОВИЌ-АНАСТАСОВСКА

редовен професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“. ПРОФ. Д-Р НЕНАД ГАВРИЛОВИЌ вонреден професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“. ДОЦ. Д-Р ДРАГИ РАШКОВСКИ - доцент на Правниот факултет „Јустинијан Први“ За повеќе информации посетете ја нашата веб страна: www.koncept.com.mk

КОНТАКТ: м-р Ленче Зикова и м-р Ирена Богоевска l e-mail: institut@koncept.com.mk l 02 3128 526 l 070 272 207



Капитал број 903 17.02.2017

50

www.kapital.mk

ТЕХНОЛОГИЈА

ЕЛОН МАСК ПРЕДУПРЕДУВА:

ЛУЃЕТО МОРА ДА СЕ СООБРАЗАТ СО МАШИНИТЕ ИЛИ ЌЕ СТАНАТ БЕЗНАЧАЈНИ Претприемачот и милијардер Елон Маск е познат по своите футуристички идеи и проекти. Последната негова изјава е само една од неговите сугестии како човештвото да се спаси да не биде безначајно во ерата на вештачката интелигенција која станува се поочигледна.


They say diamonds are forever… and so is an MBA!

Enjoy the most Valuable classroom experience – real life Harvard Business School case studies, business simulations and participant centered learning that enhance your strategic decisionmaking skills and critical thinking

a Rare opportunity to learn alongside esteemed professionals in order to build an extensive and exclusive network of useful contacts which could lead to new business opportunities The most Desirable and sought after degree in the world by employers, entrepreneurs and future leaders

World-class curriculum that applies a global outlook on current issues, taught by international faculty from top –tier schools with a rich portfolio of expertise

A brilliant cut to fit your demanding work schedule and maintain your work – life balance, giving you more flexibility to acquire the skills and experiences to fulfil your career objectives

Access to the Highest Quality internationally accredited degree by the Accreditation Council for Business Schools and Programs (USA) created as a combination of European and American educational standards

So don't lose a diamond, while chasing glitter! Enroll at the UACS MBA program! За повеќе информации: Бул. Трета македонска бригада бр. 60, 1000 Скопје Телефон: + 389 (0) 2 2463 156; 2463 159 Е-пошта: graduate@uacs.edu.mk

www.uacs.edu.mk

UACS SKOPJE

UACSKOPJE

YOUTUBE.COM/USER/UACSKOPJE

UACSKOPJE


www.kapital.mk

Капитал број 903 17.02.2017

Е 52

ТЕХНОЛОГИЈА

Елон Маск, основачот и директор на Tesla Motors и SpaceX смета дека луѓето мора да се сообразат со машините и да станат еден вид на киборзи. “Со тек на времето веројатно ќе гледаме се поблиско соединување на биолошката и дигиталната интелигенција”, изјави Маск на World Government Summit кој неодамна се одржа во Дубаи, каде што Маск го лансираше своето возило Tesla во Обединетите Арапски Емирати. “Се работи повеќе за фреквенцијата и брзината на конекцијата помеѓу човечкиот ум и вашата дигиталната верзија и аутпутот кој би се добил со тоа поврзување”. Маск објаснува што мислел со неговата изјава дека компјутерите можат да комуницираат со трилиони бита во секунда, додека главниот метод на дигитална комуникација на луѓето преку типкањето со прсти на мобилните уреди изнесува 10 бита во секунда. “Во ерата кога вештачката интелигенција се заканува да стане се пораширена, луѓето би биле бескорисни, па затоа е потребно на спојување на луѓето со машините”, објаснува Маск. Тој објаснува дека некои фреквенции со висока пропустливост на податоци кон човечкиот мозок ќе помогнат да се постигне симбиоза помеѓу луѓето и машинската интелигенција и можеби ќе помогнат да реши проблемот со контрола и бескорисност на луѓето”, објаснува Маск. Технолошките решенија ќе овозможат ново ниво на мозокот кој ќе биде способен да пристапи до информациите и да навлезе во вештачката интелигенција. Ова не е прв пат Маск да зборува за потребата од еволуција на човекот. Всушност, тоа е константна тема на неговите настапи за тоа како општеството треба да се однесува кон промените кои ќе ги донесе вештачката интелигенција.

Луѓето кои работат работи кои се поврзани со возење на автомобили, или од 12% до 15% од светската работна сила, во следните 20 години ќе останат без работа. Многу брза промена

За време на неговиот настап во Дубаи, Маск допре и до неговите стравови дека вештачката интелигенција ќе отиде многу подалеку од самоуправувачките автомобили до нешто што се вика вештачка општа интелигенција. Тоа Маск го објаснува како ситуација во која вештачката интелигенција е попаметна од најпаметното човечко суштество и тоа е опасна ситуација. Како најевидентна закана е начинот на кој вештачката интелигенција ќе ги замени работните места. Луѓето кои работат работи кои се поврзани со возење на

автомобили, или од 12% до 15% од светската работна сила, во следните 20 години ќе останат без работа. “Со развојот на самоуправувачките автомобили ќе го почувствувавме најбрзиот импакт од технологијата. Тоа ќе се случи многу побрзо отколку што луѓето можат да замислат и тоа ќе биде многу згодно”, вели Маск. “Но, има многу луѓе чија работа е да возат. Затоа мора брзо да смислиме што овие ќе работат, бидејќи таа промена ќе се случи многу брзо и ќе предизвика големи промени на пазарот”, предупредува Маск. nnn

МАСК: БИОЛОШКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ТРЕБА ДА СЕ СПОИ СО ДИГИТАЛНАТА


РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ: 23 ФЕВРУАРИ 2017

ИНСТИТУT КОНЦЕПТ ОРГАНИЗИРА ДВОДНЕВНА ПРАКТИЧНА ОБУКА НА ТЕМА:

ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ДА АПЛИЦИРАТЕ НА 67 ОТВОРЕНИ ПОВИЦИ ЗА ГРАНТОВИ ВО МОМЕНТОТ?

(ПОДГОТОВКА НА ПРЕДЛОГ ПРОЕКТ ЗА ЕВРОПСКИТЕ ПРОГРАМИ ЗА ГРАНТ ПОДДРШКА: ЕРАСМУС ПЛУС, КРЕАТИВНА ЕВРОПА, ВРАБОТУВАЊЕ И СОЦИЈАЛНИ ИНОВАЦИИ (ЕАСИ), ХОРИЗОНТ 2020, КОСМЕ И ИПА II)

l 27 и 28 февруари 2017 година l 10:00-16:00 часот Институт Концепт, Скопје Во периодот до мај 2017, има дури 67 отворени повици за грант поддршка од европските програми. Ова е одлична можност да започнете да развивате предлог проект во областа на интерес за специфичен повик за грант поддршка. Секој учесник ќе се запознае со бараната проектна методологија, како и со спецификите на секоја од овие програми, вклучувајќи ги и административно - финансиските барања за успешно спремање на апликација за предлог проект.

ПРЕДАВАЧ:

ЗОРАН СТОЈКОВСКИ, Проефект Иново, експерт за

ЕУ фондови, со над 20 годишно искуство во областа на проектното планирање и менаџмент на грант програми на УСАИД, ЕУ, СДЦ и другите донаторски агенции.

ПРИДОБИВКИ ОД ОБУКАТА:

l Детално запознавање со спецификите на повиците

за грант поддшка на ЕУ програмите;

l Практично совладување на процесот на аплицирање; l Стекнување на знаење и способности за изработка

на апликација;

l Конкретно дефинирање на следните чекори за

финализирање на апликацијата.

Напомена: ова не е општ семинар туку конкретна обука за подготовка на апликација за развој на предлог проекти за ЕУ програми за грант поддршка. За повеќе информации посетете ја нашата веб страна: www.koncept.com.mk

КОНТАКТ: м-р Ленче Зикова и м-р Бојана Делидинкова le-mail: institut@koncept.com.mk l02 3128 526 l070 272 207

Т УС ОП РП а н КС

ПЕ

СУ

ТО БО

17 .20 17 .02 20 01 02. од 28. до

Сакајте ја Вашата к жа

Скопје +389 2 / 321 66 08 www.ancevski.com.mk ancevski@laserlab.com.mk facebook.com / Ординација Д-р Анчевски


www.kapital.mk

Капитал број 903 17.02.2017

54

ЛИДЕРИ

АРИЈАНА ХАФИНГТОН КО - ОСНОВАЧ НА HUFFINGTON POST

БЕСТРАШНОСТА Е КАКО МУСКУЛ. КОЛКУ ПОВЕЌЕ ВЕЖБАШ, ТОЛКУ ПОПРИРОДНО ТИ СТАНУВА ДА НЕ ДАВАШ СТРАВОВИТЕ ДА ТЕ ВОДАТ.

Р

Родена како Ариадне – Ана Стасинопулу во Атина во 1950 година, од родители интелектуалци, Аријана е школувана на Кембриџ, а во 1980 се преселила да живее и работи во САД. Колумнистка, авторка на неколку книги, неколку пати и актерка, Хафингтон е најпозната како ко-основач на левичарски – либерално настроениот онлајн агрегатор на

Откако ја поминав 40-та, многу си олеснив кога си реков дека некои “мисии“ во животот може да ги исполниш со тоа што всушност ќе ги баталиш и нема повеќе да се секираш за нив. Така јас си го “комплетирав“ учењето готвење и германски, станувањето добар скијач и уште многу други работи.

Мора да го прифатиме фактот дека нема секогаш да носиме исправни одлуки, дека ќе зафркнеме дебело понекогаш. Фијаското не е спротивно од успехот, тоа е дел од успехот.

Во животот, нештата што ќе тргнат наопаку често се истите оние што водат до други нешта кои излегуваат одлично.

вести, колумни и блогови, Huffington Post, кој што се појави на сцената во 20005 година и стана мошне влијателен медиум на глобално ниво. Во 2011 медиумската корпорација AOL го купи Huffington Post за 315 милиони долари. Аријана Хафингтон во 2003 година беше и независен кандидат за гувернер на Калифорнија, но ги загуби изборите.

Медитацијата, јогата и прошетките се одличен начин за регулирање на нашиот стрес и регенерирање.

Подобро водиме грижа за нашите смартфони , одошто за нас самите. За нив знаеме кога им е празна батеријата и веднаш ги полниме.

Бестрашноста е како мускул. Колку повеќе вежбаш, толку поприродно ти станува да не дозволуваш стравовите да те водат.




Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.