904 kapital magazin

Page 1

БИЗНИС И ПОЛИТИКА ЗОШТО СМЕ МАЛИ И НЕРАЗВИЕНИ?

ИНТЕРВЈУ: ВАНЧО ЧИФЛИГАНЕЦ

ПОЛИТИКА ДЕНОВИ ДО НОВА ВЛАДА

АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ

ГРАДИМЕ БЕЗБЕДНО, КВАЛИТЕТНО И ОДГОВОРНО ЗА ИДНИТЕ ГЕНЕРАЦИИ

Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

WWW.KAPITAL.MK

COVER STORY

ШТО ИЗВЕЗУВА И УВЕЗУВА МАКЕДОНИЈА?

СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ ГО "БИЛДААТ" ИЗВОЗОТ, НО И УВОЗОТ!

ВКУПЕН УВОЗ (милијарди евра)

5,05

5,07

4,98

4,14 3,21

3,12

2011

2012

3,24

5,50

3,75

5,77

4,05

6,11

4,33

ВКУПЕН ИЗВОЗ (милијарди евра)

2,53 2010

2013

2014

2015

2016

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

ГРАДЕЖНИШТВО

ГРАДЕЖНИШТВОТО ГОДИНАВА ЌЕ СИ ГИ СРУШИ СОПСТВЕНИТЕ РЕКОРДИ

СЕ ГРАДАТ ОБЈЕКТИ ВРЕДНИ 840 МИЛИОНИ ЕВРА

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

ГРАДЕЖНИШТВО

ГРАДЕЖНИШТВОТО ГОДИНАВА ЌЕ СИ ГИ СРУШИ СОПСТВЕНИТЕ РЕКОРДИ INTERVIEW проф. д-р

ВАНЧО ЧИФЛИГАНЕЦ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР НА АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ

ГРАДИМЕ БЕЗБЕДНО, КВАЛИТЕТНО И ОДГОВОРНО ЗА ИДНИТЕ ГЕНЕРАЦИИ

INTERVIEW

ПАВЛЕ ХРИСТОВ

СЕКТОР ПРОЕКТИРАЊЕ И НАДЗОР, ИВАНОВ ИНЖЕНЕРИНГ

НАТАЛИ ТАШЕВСКА ГУЛЕВСКА

СЕКТОР УРБАНИСТИЧКО ПЛАНИРАЊЕ, ИВАНОВ ИНЖЕНЕРИНГ

ОД МАЛА ФИРМА, ИВАНОВ ИНЖЕНЕРИНГ СТАНА БРЕНД ВО ПРОЕКТИРАЊЕ НА ГРАДЕЖНИ ОБЈЕКТИ

НАЈИНОВАТИВНИ И НАЈМОДЕРНИ ЗГРАДИ ЗА 2016

БРОЈ 904 | ЦЕНА 100 ДЕН. 24 ФЕВРУАРИ 2017 | ПЕТОК | ГОДИНА 18

СЕ ГРАДАТ ОБЈЕКТИ ВРЕДНИ 840 МИЛИОНИ ЕВРА

СВЕТ: САД И ЕВРОПА ПРЕД ТРГОВСКА ВОЈНА



3

Капитал број 904 24.02.2017

СОДРЖИНА

16 04

НАУКА

06

НАВИГАТОР

08 16

НАСА открила систем од седум планети од кои некои погодни за населување Заев и Ахмети ги отстранија сите дилеми и стравувања Денови до нова влада

25

ГРАДЕЖНИШТВО n

БИЗНИС ПОЛИТИКА Стопанската комора ја собра балканската бизнис и политичка елита во Скопје

УВОЗ - ИЗВОЗ Ако се анализира што најмногу извезува Македонија повеќе од очигледно е дека странските фабрики во слободните економски зони ја менуваат структурата на извозот. На пример, дури половина од извозот на Македонија во 2016 година е направен со 10 производи, од кои седум се произведуваат во фабриките кои странските производи ги произведуваат во слободните економски зони. Но, истовремено странските фабрики многу го зголемуваат и увозот, па петте најголеми ставки на страна на македонскиот увозот лани биле суровини кои во производството ги користат најголемите извозници од зоните и нафтените деривати. XX Стр. 8

Се градат објекти вредни 840 милиони евра

44

Градиме безбедно, квалитетно и одговорно за идните генерации

n

ИНТЕРВЈУ

ПЕТАР ТРПЕСКИ

Директор на Сектор Управување со средства

Преку Шпаркасе Банка до вложување во акции и обврзници на берзите

ИНТЕРВЈУ

n Ванчо Чифлиганец генерален директор на Адора инженеринг

COVER STORY

Што извезува и увезува Македонија? Странските инвеститори го “билдаат” извозот, но и увозот

50

38

46

СВЕТ БИЗНИС

50

ЛИДЕРИ

ИНТЕРВЈУ Павле Христов

Сектор проектирање и надзор, Иванов Инженеринг

n Натали Ташевска Гулевска Сектор урбанистичко планирање, Иванов Инженеринг

Од мала фирма, Иванов Инженеринг стана бренд во проектирање на градежни објекти

Промена на корпоративниот даночен систем беше едно од клучните ветувања на Трамп Европа и САД се на работ на трговска војна УРСУЛА БРНС

претседател на Xerox

Тоа кај што си, не значи и каков си

ТЕНДЕРИ

ТРГОВСКА ВОЈНА

Вкупно 378 милиони евра се потрошени лани преку 100-те најголеми договори за јавни набавки изнесуваат, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации. Според ова истражување, во 2015 година, пак, најголемите 100 тендери биле склучени во вредност од 226 милиони евра. На врвот на оваа листа за 2016 година е тендерот за изградба на гасоводната делница Неготино – Кавадарци - Битола во вредност од 36,4 милиони евра, а 2015 година најголем бил тендерот за изградба на два факултети, подземните гаражи и партерното уредување при Универзитет Св. Кирил и Методиј, Скопје во вредност од 12,8 милиони евра.

Европската унија се подготвува да почне трговски спор со САД што може да се претвори во најголем предизвик во историјата не само на Светската трговска организација (СТО), туку и на системот на светската трговија изграден по Втората светска војна. Причината за тоа е подготвуваната од страна на американските републикански конгресмени реформа на корпоративниот даночен систем на државата, со која се планира израмнување на граничните дисбаланси. Во практика ова ќе значи воведување на увозни царини во САД, како и ослободување од даноци на приходите од извозот на американските компании, пишува Financial Times.

XX Стр. 27

XX Стр. 50

Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје l Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31 l П. ФАХ 503, 1000 Скопје l Директор и одговорен уредник: Љупчо Зиков l Печати: Графички центар Скопје, ул. Скупи бб, 1000 Скопје l Тираж: 3.000 примероци l Датум на печатење: 23.02.2017


www.kapital.mk

Капитал број 904 24.02.2017

НАУКА 4

ГОЛЕМО ОТКРИТИЕ

НАСА ОТКРИЛА СИСТЕМ ОД КОИ НЕКОИ ПОГОДН

П

Пронаоѓањето на нова Земја сега веќе не е карактеризирано „ако“, туку „кога“. Ова вчера беше кажано на глобалната пресконференција на американската вселенска агенција НАСА. Околу ѕвездата TRAPPIST-1, оддалечена од Сонцето само 40 светлосни години, пронајден е систем од седум планети слични на Земјата. Системот е именуван по телескопот „The Transiting Planets and Planetesimals Small Telescope–South“ (TRAPPIST), сместен во Чиле, со кој е детектирано постоењето на системот во мај минатата година. Ова е прв познат систем со толку планети

околу некоја друга ѕвезда во вселената. За посматрање се користени телескопи сместени на Земјата и во вселената, како ESO VLT или Spitzer на NASA. Планетите се откриени со метод на засенување кога привидно поминувале пред својата многу студена ѕвезда TRAPPIST-1. Три од овие седум планети лежат во зона што е погодна за населување, како зоната на Златокосата, на оддалеченост од матичната ѕвезда доволна за на нив да може да настане живот каков што го познаваме. Засега не се исклучува ваквата можност и за останатите четири планети, што, исто така, би можело да имаат вода во течна состојба. Овој систем има досега најголем број планети слични на Земјата, но во исто време најголем број планети со можност да поседуваат течна вода. Засега имињата на овие седум планети се TRAPPIST-1b, c, d, e, f, g i h, кои со своите ознаки ја следат нивната оддалеченост од ѕвездите. Главниот научник што учествуваше во откритието, Мајкл Гилон на Универзитетот во белгиски Лиж, изјави: Навистина се работи за неверојатен систем – не само поради бројот на планети, туку и

зашто сите планети се слични на Земјата. Нивната ѕвезда TRAPPIST-1 е со одвај осум отсто од сончевата маса, па е одвај нешто поголема од Јупитер; се наоѓа во соѕвездието Водолија и релативно е блиску до Сонцето, околу 40 светлосни години. „Важно е да се напомене дека системот е откриен со телескопот на NASA, Spitzer, и тоа со метод на засенување, при што планетата се открива како резултат на промената на интензитетот на светлината на ѕвездата кога привидно поминува покрај неа“, толкува хрватскиот експерт Дарије Маричиќ со Опсерваторијата во Загреб. Извештајот на НАСА наведува дека Spitzer есента 2016 година 500 часа непрекинато го посматрал TRAPPIST-1. Истовремено наведуваат и дека ова, без сомнеж, е најзначајното откритие на Spitzer во неговите 14 години постоење, и уверени се оти ова нема да биде негово последно откритие. „Јасно е дека групата научници кои го потпишува откритието сепак се оградува од прехрабри тврдења, бидејќи ќе помине доста време во истражување за да се дојде до конечни сознанија за овој

ГИЛОН: СЕ РАБОТИ ЗА НЕВЕРОЈАТЕН СИСТЕМ – СИ


www.kapital.mk

Капитал број 904 24.02.2017

PROFILE

5

М ОД СЕДУМ ПЛАНЕТИ НИ ЗА НАСЕЛУВАЊЕ екстрасоларен систем и за неговите планети“, вели Маричиќ. Се наведува дека поради блискоста на орбитите на планетите, можно е од површината на една да се види површината на соседната, и притоа да се воочи конфигурацијата на тлото. Пресметките велат дека меѓу некои планети се работи за оддалеченост помала од онаа меѓу Месечината и Земјата.

На едната страна секогаш ден

Треба овде секако да се спомене што рече Амаури Трио, еден од научниците во екипата одговорна за откритието, енергијата што Trappist – 1 ја зрачи е значително помала од онаа што ја зрачи нашето Сонце, па планетите и навистина можат да бидат значително поблиску одошто е тоа случајот со планетите на Сончевиот систем, а на нивната површина навистина да има вода. Се чини дека токму така се поставени планетите од системот TRAPPIST – 1. Планетите TRAPPIST – 1 c, d и f добиваат онолку енергија колку што во Сончевиот систем добиваат Венера, Земја и Марс. Меѓутоа, единствено TRAPPIST – 1 e, f и g се во зоната каде што на површината

„Одговорот на прашањето „дали сме сами во вселената“ е приоритет на науката, и пронаоѓањето на толку планети во зона погодна за населување е исклучителен чекор напред кон таа цел“, изјави Цурбукен

може да постои течна вода. Сите планети орбитираат околу својата ѕвезда поблиску одошто Меркур го прави тоа околу сонцето во нашиот систем. Можно е, пак, и секогаш да се со едната страна свртени кон ѕвездата TRAPPIST – 1 така што на едната страна е секогаш ден, а на другата ноќ, но и дека климите се потполно различни од земјината, односно дека дуваат силни ветрови од дневната кон ноќната страна со екстремни промени во температурата. Д-р Дарије Маричиќ, пак, изнесува и занимливи факти поврзани со погодноста за населување на некоја од планетите. “Знаеме дека водата нам ни е потребна за живот, но таа не мора да биде основа и за некој друг евентуален облик на живот во вселената. Но, и да нема течна вода на една

планета, тоа не значи дека не е населива за нас луѓето. Ако се работи за карпеста планета без течна вода на површината можно е да се насели, па планираме пат на Марс, нели? Дополнителна можност е дека течна вода има под површината. Меѓутоа, не треба да се исклучат ниту гасовитите планети затоа што околу нив кружат месечини кои што исто така може да бидат потенцијално интересни, како што е Јупитеровиот сателит Европа со течен океан под својата ледена кора. Како што ќе напредува технологијата, ние повеќе ќе истражуваме, па сосема сигурно ќе пронаоѓаме и повеќе нови системи и планети. Погледнете само што сè може да се пронајде околу едно мало жолто џуџе како што е нашето Сонце“, вели д-р Маричиќ. nnn

ИТЕ ПЛАНЕТИ СЕ СЛИЧНИ НА ЗЕМЈАТА


www.kapital.mk

Капитал број 904 24.02.2017

6

НАВИГАТОР ИЗЈАВА НА НЕДЕЛАТА

МАКЕДОНИЈА И ХРВАТСКА ПРЕД

> БРОЈКА

610

милиони евра лани изнесува увозот на платина во Македонија

МАРИЈАН ЈУРЕЧКА

чешки министер за земјоделие

ЕУ да забрани продажба на храна од познатите брендови, но со послаб квалитет во Источна Европа. Ние станавме европската канта за ѓубре!

М

акедонските винарници што извезуваат во Хрватска бараат државата да возврати со реципрочни мерки кон оваа земја, откако нејзините власти донесоа нов правилник за увоз на вино од трети земји, со кој што значително се отежнува влезот и на македонското вино на тој пазар. Според новите правило се зголемува периодот на ставање на виното во продажба, а зголемени се и трошоците за дополнителни анализи и за заштита на животна средина. Македонските производители на вино велат дека Хрватска со овие нецарински бариери

ЗАЕВ И АХМЕТИ ГИ ОТСТРАНИЈА СИТЕ ДИЛЕМИ И

ДЕНОВИ ДО НОВА ВЛ пишува:

Максим Ристески

Ф

maksim.risteski@kapital.mk

Формирањето на новата влада е прашање на денови - можеби завршено веќе до излегувањето на овој број. Ако претходно и покрај демонстрацијата на конструктивност од страна на ДУИ и унисоните изјави на странците во овој правец, кај СДСМ имаше извесна резервираност, по средбата на лидерите Зоран Заев и Али Ахмети во Мала Речица веќе нема дилеми. „Се работи за денови“, изјави Заев по тричасовната средба со Ахмети, кој потврди велејќи дека „деновиве ќе донесеме важна одлука“. „Надминавме одредени разлики на лидерско ниво“, рече лидерот на СДСМ, а го надополни првиот „интегративец“, со оценка дека преостанатите разлики околу законското доуредување на употребата на албанскиот јазик „не се многу големи“. На ваквиот развој неспорно му „кумувала“, како што рече Заев, „желбата и на ДУИ и на СДСМ да добиеме уставни решенија во законот за употреба на јазиците“. Упатени во преговорите велат дека исчекорот кон извесност околу формирањето на новата влада е направен неколку дена пред средбата

во Мала Речица, со прифаќањето од страна на ДУИ и на останатите потписнички на заедничката платформа на албанските партии, дека за одредени прашања од платформата што бараат интервенции во Уставот нема смисла да се преговара, зашто за нив неопходното двотретинско мнозинство во Собранието не може да се обезбеди во актуелните услови. Духот на ваквата рационалност го изрази Заев велејќи дека „не треба да си дозволиме ништо надвор од Уставот за сето друго што е уставно да падне во вода“. Потребното, пак, разбирање и пресретливост во однос на барањата на албанската заедница во Македонија го покажа порачувајќи дека „и ако останат одредени отворени прашања,

денот на преговорите не завршува сега“. „Можеме за шест месеци да оставиме тие да се истолкуваат, да отвориме јавна дебата која ќе дефинира дека нештото е уставно и може да се прифати“, рече Заев, а во изјавата по средбата не пропушти да го потенцира она што веќе беше јасно, (и да ги смири стравувањата дека „ја продава и редефинира Македонија“) велејќи оти „Уставот на Република Македонија нема да се менува, со целиот ризик и да не ги добијам потписите“. Лидерот на СДСМ вети и дека овој чувствителниот процес ќе се одвива транспарентно: „Ќе отвориме дебати, ќе го слушнеме одговорот на граѓаните на Македонија, и


www.kapital.mk

Капитал број 904 24.02.2017

7

Д ТРГОВСКА ВОЈНА ЗА ВИНОТО

си го штити домашното производство на вино. “Јасно е дека станува збор за нецарински бариери. Не бараме намалување на цените за анализи, туку рокот да биде во некои нормални граници, а не 32 дена нашето вино да седи во магацини. Доколку до крајот на месецов нема промени во одредбите, ние ќе бидеме принудени да воведеме реципрочни мерки.“, рече македонскиот министер за земјоделие, Михаил Цветков. Хрватска е втора земја зад Србија за увоз на македонско флаширано вино и трета зад Германија и Србија за увоз на македонско наливно вино.

И СТРАВУВАЊА

ЛАДА согласно тоа ќе ги градиме политиките во периодот кој претстои пред нас“. На реформите, пак, како приоритет на новата влада, акцентот го стави евроабасадорот Самуел Жбогар кога претходно порача дека е „оптимист оти политичките лидери ќе го изнајдат вистинскиот начин да формираат влада“. Извесни очекувања за карактерот на владата што ја визира Брисел, Жбогар изрази повторувајќи дека „на Специјалното јавно обвинителство треба да му се даде време и простор за да ја финализира работата“. Иако, својот став по прашањето го повтори и ВМРО-ДПМНЕ, чиј претставник, Илија Димовски, изјави: „СЈО има мандат од 18 месеци да покрене обвиненија, а тој закон се носи со двотретинско мнозинство. Од тој аспект, СЈО повеќе не е предмет на дебата ниту помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, ниту помеѓу ДУИ и СДСМ.“ Против оваа позиција на ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш се изјасни и американскиот амбасадор, Џес Бејли, според кој „е многу важно работата на СЈО да се заврши до крај - да се утврдат фактите и да се расчистат сомнежите дали и кој вршел злоупотреба“. Најновата реакција дојде од Европската комисија, чија портпаролка, Маја Коцијанчич, на прашање на дописникот на МИА од Брисел, за реакција на ЕК за вмешувањето на албанскиот премиер Еди Рама во внатрешнополитичките односи во Македонија преку влијанието врз заедничката платформа на албанските партии во земјава, одговори: „Како што постојано говориме, ние не шпекулираме за составување на владата и програмата во ПЈР Македонија. Но, ние очекуваме, а тоа е случај од одржувањето на изборите, брзо формирање на нова влада, која ќе има широка политичка поддршка и која силно ќе биде посветена на европските реформи и на имплементирање на сите делови од договорот од Пржино и

мисла на неделата Работи напорно, ќе се одмориш кога ќе умреш, не се секирај.

Роберт Де Ниро

американски артист

Исходот од средбата Заев-Ахмети во Мала Речица не остава друго толкување освен „денови до нова влада“. Најголемиот успех е покажаната конструктивност во духот на странските апели, со која се заобиколи пречката – преговори што ги обесмислуваше двотретниското мнозинство во Собранието кое одредени прашања од заедничката платформа на албанските партии го бараат на Итните реформски приоритети. Ова е многу јасна позиција и ова е тоа што со нетрпение го очекуваме“, изјави Коцијанчич. Следната фаза во која би влегол лидерот на СДСМ, Зоран Заев, ако се договори со Ахмети, ќе бидат преговорите за тоа со чии уште пратеници ќе го формира мнозинството од 61 – само со Алијансата за Албанците или и со БЕСА. Последниве (БЕСА) веќе се откажаа од предвидената во заедничката платформа, тркалезна маса на албанските парламентарни партии (замислена за усогласување на политичкото дејствување и за транспарентна комуникација), зашто не прифаќаат состанок инициран од Ахмети, кој го сметаат за „главен виновник за актуелната состојба на Албанците во Македонија“. Од БЕСА оценија дека „средбите што се прават во име на Декларацијата (на албанските партии, н.з.) повеќе личат на преговори за следна коалиција меѓу ДУИ и Алијансата за Албанците, отколку на заедничка средба околу платформата“. Од партијата на Билал Касами изјавија и дека „оваа бучава (средбите во име на Декларацијата, н.з.) се прави со цел некои албански политички партии во Македонија политички да придобијат во пресрет на локалните избори“, со што се осврнаа на темата за која аналитичарите сметаат дека ќе има клучно влијание врз трајноста на новата влада. nnn

> БРОЈКА

239

милиони евра е дефицитот на Македонија во трговијата со храна во 2016 година

лидери

ЏЕФ БЕЗОС

Аmazon отвора нови 15.000 работни места во Европа како резултат на сè подобрата позиција на пазарот

ИЛОН МАСК

Space X успешно лансираше, достави товар на ISS, и слета на Земјата со Falcon 9

не им беше неделата

ЕДИ РАМА

продолжуваат протестите со кои се бара оставка од албанскиот премиер за да се демократизираат изборите

ТОМИСЛАВ НИКОЛИЌ

српскиот претседател се избламира во обид да провери колку „тежи“ на политичката сцена во ерата на Вучиќ


8 COVER STORY COVER STORY: ШТО ИЗВЕЗУВА И УВЕ Капитал број 904 24.02.2017

www.kapital.mk

СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ ГО “БИЛДААТ” ИЗВОЗОТ, НО И УВОЗОТ Ако се анализира што најмногу извезува Македонија повеќе од очигледно е дека странските фабрики во слободните економски зони ја менуваат структурата на извозот. На пример, дури половина од извозот на Македонија во 2016 година е направен со 10 производи, од кои седум се произведуваат во фабриките кои странските производи ги произведуваат во слободните економски зони. Но, истовремено странските фабрики многу го зголемуваат и увозот, па петте најголеми ставки на страна на македонскиот увозот лани биле суровини кои во производството ги користат најгоемите извозници од зоните и нафтените деривати. Иако во слободните економски зони се создава околу 40% од целиот извоз на Македонија, нето извозниот ефект е нешто над 250 милиони евра. Ако се знае дека овој извоз е ослободен од многу давачки и субвенциониран со милионски суми од државниот буџет, јасно е дека станува збор за извоз за кој Македонија како држава има големи расходи.


ЕЗУВА МАКЕДОНИЈА? www.kapital.mk

Капитал број 904 24.02.2017

9

ВКУПЕН УВОЗ (милијарди евра)

5,05

5,07

5,50 4,98

4,14 3,21

3,12

2011

2012

5,77

3,24

3,75

4,05

6,11

4,33

ВКУПЕН ИЗВОЗ (милијарди евра)

2,53 2010

2013

2014

2015

2016


www.kapital.mk

Капитал број 904 24.02.2017

10

COVER STORY УВОЗ НА ХРАНА (милиони евра евра)

530 483

513

518

275

294

551

554

306

315

421 267 249 2010

264

УВОЗ НА ХРАНА (милиони евра евра)

2011

пишува:

A

Биљана Здравковска Стојчевска biljana.zdravkovska@kapital.mk

Ако се анализира што најмногу извезува Македонија повеќе од очигледно е дека странските фабрики во слободните економски зони ја менуваат структурата на извозот. На пример, дури половина од извозот на Македонија во 2016 година е направен со 10 производи, од кои седум се произведуваат во фабриките кои странските производи ги произведуваат во слободните економски зони. Ако претходно најизвезувани производи беа нафтените деривати и челикот, сега по влезот на странските фабрики Македонија најмногу увезува автомобилски делови, односно катализатори и филтри за прочистување, спроводници за автомобили, автобуси, седишта за автомобили…. Но, истовремено странските фабрики

2012

2013

2014

многу го зголемуваат и увозот. Речиси сите суровини и репроматеријали кои ги употребуваат странските фабрики во зоните се од увоз. Веќе неколку години наназад најувезувани ставки се платината, паладиумот и други хемиски производи кои ги употребува најголемиот извозник Џонсон Мети. Анализата на увозот по производи покажува дека петте најголеми ставки на страна на увозот лани биле суровини кои во производството ги користат најгоемите извозници од зоните. На пример, најувезуван производ во Македонија веќе неколку години не е повеќе нафтата, туку платината. Лани вредноста на увозот на платина изнесува 610 милиони евра,што е раст за 58 милиони евра за една година. Втор најувезуван производ се гасните масла во вредност од 239 милиони евра, што е за 14 милиони евра помалку од увозот на гасни масла во 2015 година. На трето место се керамичките производи за техничка употреба кој исто така се увезуваат од странските инвеститори во зоните чиј увоз лани достигна 213 милиони евра, што зголемување за 60 милиони евра во споредба со претходната година. Четврт најголем увоз се први со увозот на паладиум кој лани достигна вредност од 138 милиони евра, што е зголемување за 25 милиони евра за една година. Петта најголема увозна ставка со вредност од 91 милиони евра се други хемиски производи, каде исто така има зголемување за околу 30 милиони евра за една година.

2015

2016

Според податоците, во слободните економски зони се создава околу 40% од целиот извоз на Македонија. Но, ако на тоа се додадат и бројките за увозот, тогаш излегува дека нето извозниот ефект е околу 250 милиони евра. Но, кога се прават проценките за нето извозниот ефект од слободните зони треба да е има во предвид дека овој извоз е ослободен од многу давачки и субвенциониран со милионски суми од државниот буџет, односно станува збор за извоз за кој Македонија како држава има и големи расходи.

И понатаму извезуваме полупроизводи и суровини

Податоците покажуваат дека македонската економија лани остварила извоз од 4,32 милијарди евра, што е раст од 6,86% во споредба со извозот направен минатата година. Ова е најголем досега извоз на Македонија. Но, истовремено лани е направен и досега најголем увоз, кој надмина 6,1 милијарда долари. Трговскиот дефицит продолжува да расте, па така лани на крајот на годината достигна 1,77 милијарди евра, што е најголем трговски дефицит во последните четири години. Зголемувањето на трговскиот дефицит само покажува дека и покрај зголемувањето на производството за извоз, вредноста на извозот од Македонија е се уште е мала, што се должи на фактот што најголем дел од македонскиот извоз отпаѓа на суровини

ИЗВОЗ: ПОЛОВИНА ОД ИЗВОЗОТ ЛАНИ НАПРАВЕН СО 10 ПРОИЗВОДИ


www.kapital.mk

Капитал број 904 24.02.2017

11 БРОЈКИ

48

милиони евра е ланскиот увоз на млеко млечни производи, што е највисок досега

43

милиони евра годишно трошиме за увоз на пилешко месо

21,6

милиони евра е ланскиот извоз на јаболки, што е најизвезувано овошје од Македонија

11

милиони евра е извозот на зелка лани, што е најизвезуван зеленчук од Македонија

17

милиони евра е извозот на ајвар за минатата 2016 година

и полупроизводи. Малку се производите кои се извезуваат од Македонија, а кои имаат повисока додадена вредност или доработка. Најголемиот дел се полупроизводи и суровини, како феро никел, феро силициум, суров тутун,руди на олово, бакар и цинк, производи од железо и челик и свежо овошје и зеленчук. На пример, во првите 10 најголеми извозни производи само автобусите што ги произведува белгиската Ван Хул и лековите на Алкалоид се единствени финализирани производи со поголема додадена вредност. Останатите осум, вклучително и најизвезуваниот производ, катализаторите на Џонсон Мети, се полупроизводи или делови кои потоа се користат за производство на прозводи со повисока додадена вредност во некоја друга странска земја, најчесто во автомобилската индустрија на Германија. Ако се анализира на што се должи ланскиот раст на извозот тогаш повеќе од очигледен е заклучокот е дека тој во најголем дел е резултат на зголеменото производство и извоз на странските инвеститори кои отворија фабрики во слободната економска зона Бунарџик. На пример, извозот на хемиски произво-ди и материјали, каде влегуваат и катализаторите на Џонсон Мети произведени во слободната зона Бунарџик, лани достигна

883 милиони евра, кој за една година е зголемен за 104 милиони евра или за 13,4% во споредба со претходната година. За седум години извозот на хемиски производи од Македонија е зголемен за 412%. Извозот на автобуси, пак, кој се сведува на извозот на автобусите кои во Бунарџик ги произведува Ван Хол, лани достигна 163 милиони евра и за изминатата година е зголемен за 50% или за цели 50 милиони евра. За изминатите пет години извозот на автобуси од Македонија е зголемен за дури 472%. Извозот на електрични машини и делови кој лани достигна 474 милиони евра, во кој најголем дел има производите на Дрекслмајер, изминатата година е зголемен за 82 милиони евра или за 20%. За изминатите пет години извозот на електрични машини и опрема е големен за 351%. За разлика од нив, повеќето компании од традиционалните македонски извозни индустрии изминатата година бележат пад. На пример, извозот на железо и челик, која е меѓу клучните извозни индустрии, лани изнесувал 411 милиони евра и за една година е намален за 100 милиони евра или за 20,5 % во споредба со претходната година. Извозот на железо и челик за период од пет години е намален за близу 80%.


www.kapital.mk

Капитал број 904 24.02.2017

12

COVER STORY

Нето извозни сектори (во милиони евра) Извоз 2016

Увоз 2016

Хемиски материи и производи

883,42

163,04

720,38

Облека

464,57

75,55

389,02

Индустриски машини за општа употреба

517,93

194,09

323,84

Железо и челик

411,93

316,90

95,03

Мебел

144,65

52,48

92,17

Метална руда и метални отпадоци

137,76

48,70

89,06

Овошје и зеленчук

171,36

83,22

88,14

Тутун и преработки од тутун

118,60

38,53

80,07

Електрични машини, делови-неспоменато

474,85

408,50

66,36

Пијалоци

59,01

34,33

24,68

Обувки

51,39

38,74

12,65

Извоз 2016

Увоз 2016

7,80

830,42

-822,62

70,43

410,94

-340,51

Нето увозни сектори (во милиони евра) Обоени метали Текстил предива и слично Нафта и производи од нафта

39,14

378,97

-339,82

163,79

298,09

-134,31

Месо и преработки од месо

22,98

118,37

-95,39

Mедицински и фармацевстки производи

Друмски возила

69,46

146,36

-76,90

Eлектрична енергија

8,42

83,88

-75,47

Изработки од метал

69,73

142,64

-72,92

2,10

65,49

-63,38

Млечни производи и јајца

10,10

47,88

-37,79

Жита и преработки од жита

66,50

78,39

-11,89

Гас - природен или индустриски

Извозот на млеко и млечни производи лани изнесувал само 10 милиони евра, и е намален за 20% за една година. Извозот на месо и преработки од месо лани бил 22,9 милиони евра и е на најниско ниво во изминатите осум години. Исто така пад на извозот има и кај извозот на обувки и облека. Покрај извозот од странските зони, и извозот на овошје и зеленчук бележи континуиран раст и тој на крајот на ланската година достигна рекордни 171 милион евра, што е за 7,1 милиони евра или 4,3% повеќе од претходната 2015 година. Лани раст има и кај извозот на пијалаци и тутун, кои се зголемени за 22,17%, односно 22,83% за минатата година. Извозот на лекови и медицински производи

лани е зголемен за 9% и достигна 69,49 милиони евра, што е највисок досега извоз.

Сите небулози на македонскиот увоз

Иако увозот во последните неколку години расте со побавно темпо од увозот структурата и трендовите во увозот укажуваат дека македонската економија не успева ниту да ја подобро својата конкурентност, ниту, пак, да ја намали својата зависност преку задоволување на потребите од домашно производство. Напротив, трендовите во увозот покажуваат дека во Македонија станува многу поевтино буквално се да се увезува, отколку тоа да се произведе дома. И покрај стотиците милиони евра дадени како субвенции во земјоделието, увозот на

храна континуирано расте. Со овие субвенции расте единствено извозот на свеж зеленчук и овошје, додека производство на прехранбени производи кои ќе го супституираат увозот на храна, се чини опаѓа, бидејќи станува се поскапо храната да се произведува, отколку да се увезува. На крајот на 2016 година увозот на храна достигна 554 милиони евра, што е рекордно највисок увоз на храна досега. Во споредба со 2010 година увозот на храна е зголемен за 32%, или за 133 милиони евра. Расте увозот на млеко и млечни производи, на овошје и зеленчук, на шеќер и преработки од шеќер, увозот на пијалаци... Македонија лани само за увоз а пилешко месо потрошила 43 милиони евра, а вкупниот увоз на месо и месни преработки лани достигна 118 милиони евра. За увоз на млеко, млечни производи и јајца лани Македонија потрошила 47,88 милиони евра, што е историски највисок увоз. Дури 83 милиони евра е увозот на овошје и зеленчук кој се увезуваат од странство, што е исто така највисок досега увоз, а увозот на кафе, чај и зачини лани надмина 70 милиони евра. За увоз на шеќер и преработки шеќер 44 милиони евра, а увозот на риба и преработки од риба лани изнесувал 18,7 милиони евра. Она што е алармантно е што на листата на увезени производи се поголем е бројот, а и вредноста на производи кои се произведуваат во Македонија, а кои сепак се увезуваат и стигаат на македонскиот пазар со пониска цена. Па така со годините кај одредени земјоделски производи и култури има тренд на постојано намалување на производството бидејќи многу е поевтино тие да се увезат отколку да се произведат. А податоците покажуваат дека само до пред десетина години дури 70% од потребите за храна се задоволувале од домашно производство. Над половина од потребите за шеќер и за масло за јадење во Македонија се задоволувале со домашна шеќерна репка и сончоглед. Денес имаме само незначителни површини насадени со овие две индустриски култури, а покрај нив од македонските ниви ги снема и памукот и маслодајната репка. Битолската шеќерана наместо да преработува и произведува шеќер се преориентира на увоз, додека производители на масло се принудени да увезуваат скапа суровина или полупреработено масло. Точно е дека Македонија е увозно зависна



5 Автобуси

128.369.341

6 Феро-никел

101.303.027

7 Седишта

96.389.428

Капитал број 904 8 Суров тутун од 24.02.2017 Тип Прилеп

14

9 Памучни кошули за мажи

67.003.391

COVER STORY

10 Лекови

49.219.138

10 најувезувани ставки во 2016 (во милиони евра) 1 Платина 2 Гасни масла

610.675.554

3 Керамички производи за хемиска и техничка употреба 4 Паладиум

213.466.511

239.883.746 138.385.687

5 Други хемиски производи 6 Електрична енергија

91.130.246

7 Лекови 8 Топло валани лимови

68.984.819

83.884.729 62.740.454

9 Мобилни телефони 10 Жици и кабли

57.625.829 55.576.890

УВЕЗУВАМЕ СÈ И СЕШТО

К

апитал анализираше што сe Македонија увезува и заклучокот е дека навистина увезуваме се и сешто, Човечка коса, перики, лажни трепки и бради, лисја и гранки, мов и лишај, црева и желудници од животни, рогови, сперма на бикови, гаќи, флипери, кибрити, свеќи се само дел од чудните производи кои се увезуваат во Македонија и за кои се плаќаат тешко заработени милионски износи на девизи. Стотици илјади евра плаќаме за увоз на кибрити и свеќи, за стаклени и хартиени амбалажи за кои не е потребна никаква посебна технологија за да се произведуваат и дома. држава и за да може економијата нормално да функционира и е неопходен увоз на разно разни суровини, материјали, опрема и технологија која никогаш не се произведувала, ниту во догледно време ќе

www.kapital.mk

85.014.264

се произведува во Македонија. Но, кога на листата на производи од увоз се јавуваат и производи кои без поголеми инвестиции или технологии можат да се произведуваат и во Македонија, тогаш се наметнува

прашањето зошто тоа не се прави. Многупати досега многу бизнисмени и економски експерти го имаат досега јавно поставувано прашањето зошто во Македонија е многу евтино да се увезе буквално се и сешто, и тоа што ни треба и тоа што не ни треба, а наспроти тоа извозот на македонски производи во странство се зголемува многу бавно и многу тешко. Дали увозничкото лоби е многу силно во Македонија па успева да наметне економски политики и мерки кои го фаворизираат увозот? Дали девизниот курс на денарот го поевтинува увозот, а го поскапува извозот? Дали и зошто и покрај стотиците милиони евра субвенции за земјоделците расте единствено извозот на свеж зеленчук и овошје, а не и домашното производство на прехранбени производи кои ќе го супституираат увозот? Ова се прашања кои со години остануваат без одговор во Македонија и секое повикување тие да се ревидираат или постават со цел да го намалат увозот наидуваат на омаловажување и дискредитирање од страна на власта дека се во корист само на одреден број луѓе или компании. А вистината е дека ако Македонија произведува повеќе земјоделски и прехранбени производи, ќе може да покрие поголем дел од домашната потрошувачка, и ќе се намали одливот на девизи кои по основ на увоз се прават секоја година. nnn

УВОЗ: СТОТИЦИ МИЛИОНИ ЕВРА ЗА СУБВЕНЦИИ, А УВОЗОТ НА ХРАНА ОСТАНУВА ВИСОК

Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

www.kapital.mk

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Ве известуваме дека на 24. сесија на Клубот на истражувачите што ќе се одржи на 2 март 2017 година (четврток) во просториите на НБРМ, на 8 кат, со почеток во 14:00 часот, ќе бидат презентирани следниве трудови: l „Исламско

банкарство и неговите перспективи“, автори: Сашо Кожухаров, Јана Илиева и Наташа Ристовска; и

l „Емпириско

истражување за проценување потенцијална валутна криза: Македонија и Србија“, автори: Татјана Бошков и Жарко Раѓеновиќ.

Ве молиме да го потврдите Вашето присуство на 24. сесија на Клубот на истражувачите најдоцна до 1 март 2017 година на тел. +389 2 3298 505; електронска пошта: marketing@kapital.com.mk. Напоменуваме дека зачленувањето во Клубот на истражувачите е од отворен карактер и подетални информации можете да видите на следнава врска: www.nbrm.mk/Клуб на истражувачи.



www.kapital.mk

Капитал број 904 24.02.2017

16

БИЗНИС И ПОЛИТИКА

СТОПАНСКАТА КОМОРА ЈА СОБРА БАЛКАНСКА

ГОЛЕМИТЕ ФАЦИ Д ЗОШТО СМЕ МАЛИ И Голем и скап државен апарат, а мала ефикасност; големи суети, а малку знаење; големи можности, а мала соработка; големи политики, а малку стабилност... Уште многу големи и мали нешта фалат во западно - балканските економии за да мрднат од мртвата точка во која се наоѓаат 25 години, истакнаа учесниците на тркалезната маса за шансите на малите земји од регионов. пишува:

Г

Игор Петровски

igor.petrovski@kapital.mk

Големината на една земја не е пресудна за нејзиниот економски успех, треба да се работи на едукацијата, конкурентноста, да

се соработува меѓусебно, затоа што само така може да се издржи во глобалните економски текови, беше клучната порака на тркалезната маса “Позицијата на малите земји во меѓународната економија – предности и недостатоци“, што се одржа на 17.02. во Скопје во организација на Стопанската комора на Македонија. “За жал, социјализмот се’ уште постои во нашите ментални матрици, иако формално расчистивме со него пред 25 години. Дозволивме дезинтеграциските процеси и воени конфликти од минатото да не влечат надолу, наместо да го надминеме сето тоа и да гледаме напред. Ако не соработуваме меѓу себе, ќе бидеме гладни, толку е просто“, рече Бранко Роглиќ, еден од учесниците на тркалезната маса, сопственик на

дистрибуциската групација Орбико, кој што доаѓа од Хрватска. Тој додаде дека скапата државна администрација го кочи развојот на сите земји од регионов и дека мора да се работи на нејзино намалување и создавање мала и ефикасна јавна служба. “Замислете, буџетот на Хрватска за 15-тина години е трикратно пораснат, слично е и во другите земји од окружувањето. Па, што правиме ние? Дали населението пораснало три пати? Дали економијата пораснала толку? Кој бизнис сектор може да го издржи сето тоа?“, праша Роглиќ. Дека се потребни реформи на јавниот сектор истакна и д-р Александар Влаховиќ, претседател на Сојузот на економисти на Србија и главен организатор на Копаоник


www.kapital.mk

Капитал број 904 24.02.2017

17 Стопанската комора додели и повеќе признанија на свои партнери и долгогодишни членки. На фотосот првиот човек на “Алкалоид“, Живко Мукаетов, прима плакета од Бранко Азески, претседател на Комората.

АТА БИЗНИС И ПОЛИТИЧКА ЕЛИТА ВО СКОПЈЕ

ДЕБАТИРАА И НЕРАЗВИЕНИ бизнис форумот. “Да ги погледнеме балтичките земји само. Литванија, Летонија и Естонија имаа БДП од 2 - 3.000 долари по глава на жител пред 20 години, денес имаат од 16 – 18.000 долари. Како го направија тоа? Па, пред сè, со длабоки реформи во јавната администрација. Го поевтинија работењето на државата, создадоа мал и ефикасен државен апарат што му овозможи на претприемништвото и приватниот бизнис да дише слободно и да расте. Додека кај нас на Балканот клучен проблем е недовршената транзиција“, рече Влаховиќ на дискусијата, организирана во рамки на одбележувањето на големиот јубилеј, 95 години од основањето на Стопанската комора на Македонија. Во дискусијата учествуваа познати државници, бизнисмени и експерти од земјава, регионов и пошироко, меѓу кои Mило Ѓукановиќ од Црна Гора, Стипе Месиќ од Хрватска; Драган Микеревиќ, поранешен премиер на Република Српска; Џемал Инаишвили, претседател на Конфедерацијата на азиско - пацифичките трговско -индустриски комори и поранешен

заменик претседавач на грузискиот парламент; Александар Влаховиќ, претседател на Сојузот на економисти на Србија и главен организатор на Копаоник бизнис форумот; Владимир Глигоров од Виенскиот институт за меѓународни економски студии; Светозар Јаневски, првиот човек на ВВ „Тиквеш“ и М6 инвестициската групација; Кочо Анѓушев, сопственик на групацијата Феро Инвест; Сава Далбоков, претседател на Надзорниот одбор на Шпаркасе Банка Македонија и член на УО на „Steiermärkische Bank und Sparkassen AG“, Австрија; Златко Симоновски директор на Факом Скопје, како и Марко Чадеж и Сафет Ѓерѓалиу, претседатели на стопанските комори на Србија, односно Косово.

Политичката нестабилност ги кочи инвестициите

Мило Ѓукановиќ, во седум мандати премиер и еднаш претседател на Црна Гора, рече дека е време да им се даде шанса на нови ликови на Балканот. “Тоа што сме мали не мора да значи ништо. Меѓу најразвиените земји во светот голем број се мали, односно, според некаква меѓународна категоризација, под 10 ми-

лиони жители. Нашиот хендикеп е што со себе носиме длабоко наследство на економска неразвиеност и како да не може да излеземе од тој маѓепсан круг. Треба да им дадеме шанса на младите, на нови ликови во политиката и бизнисот, да ги завршат структурните реформи и конечно да тргнеме напред“, порача Ѓукановиќ. Стариот искусен волк од Хрватска, Стипе Месиќ, човек кој што беше во последното највисоко раководство на СФРЈ пред нејзиното распаѓање, а потоа претседател и на Хрватска, рече дека малите земји од Балканот мора да најдат нова парадигма за меѓусебната соработка. “Ако добро соработуваме меѓу себе, ќе најдеме поголема поддршка кај големите играчи во светската економија, оние што ги носат стратешките одлуки“. Владимир Глигоров, инаку, син на поранешниот македонски претседател Киро Глигоров, на конференцијата дојде од Виена, каде што долги години се бави со научно – истражувачка работа, со фокус на економиите од југоисточна Европа. Тој рече дека тешко може да се случи економски залет на земјите од овој регион, особено


www.kapital.mk

Капитал број 904 24.02.2017

18

БИЗНИС И ПОЛИТИКА

З

БРАНКО РОГЛИЌ

сопственик на Орбико, Хрватска

амислете, буџетот на Хрватска за 15-тина години е трикратно пораснат, слично е и во другите земји од окружувањето. Па, што правиме ние? Дали населението пораснало три пати? Дали економијата пораснала толку? Кој бизнис сектор може да го издржи сето тоа?

Западен Балкан, кога две и пол децении во континуитет постои политичка нестабилност. “Мала е стапката на штедење и инвестирање во овие земји, и кај населението и кај компаниите, затоа што никој не знае што ќе биде утре, па сите гледаат тоа што го имаат да го потрошат денес. Проблемот на малите балкански економии не е на страната на

МИЛО ЃУКАНОВИЌ

поранешен премиер и претседател на Црна Гора

Сонот на младите не е 200-300 евра плата

Светозар Јаневски, поранешен шеф на Пивара Скопје, сега претседател на УО на Винарската визба Тиквеш, рече дека проблемот на малите држави е што заради

#1

ЗА БИЗНИС ИНФОРМАЦИИ

02 / 3117 100 info@targetgroup.mk www.targetgroup.mk

ашиот хендикеп е што со себе носиме длабоко наследство на економска неразвиеност и како да не може да излеземе од тој маѓепсан круг. Треба да им дадеме шанса на младите, на нови ликови во политиката и бизнисот, да ги завршат структурните реформи и конечно да тргнеме напред.

побарувачката, туку кај понудата“, смета Глигоров.

НИЕ СМЕ ВРСКАТА СО СИТЕ ДЕЛОВНИ ПОДАТОЦИ КОИ ВИ СЕ ПОТРЕБНИ

ЗА ПАМЕТНИ ДЕЛОВНИ ОДЛУКИ!

М

Н

СТИПЕ МЕСИЌ

поранешен претседател на Хрватска

ора да најдеме нова парадигма за меѓусебната соработка. Ако добро соработуваме меѓу себе, ќе најдеме поголема поддршка кај големите играчи во светската економија, оние што ги носат стратешките одлуки.

малата популација, помали се шансите за наоѓање креативни и способни луѓе генерално за сите области, а со тоа и за нивните влади. “Зошто некои земји се богати? Не е само до ресурсите. Еве, Јапонија нема речиси никакви природни ресурси, сите го знаеме тоа. Се работи за однесувањето,



www.kapital.mk

Капитал број 904 24.02.2017

20

БИЗНИС И ПОЛИТИКА

З

СВЕТОЗАР ЈАНЕВСКИ

претседател на УО на ВВ Тиквеш

ошто некои земји се богати? Не е само до ресурсите. Еве, Јапонија нема речиси никакви природни ресурси, сите го знаеме тоа. Се работи за однесувањето, етиката, почитта, довербата... Кога ќе настанат промени на Балканот? Тогаш, кога ќе се смени лидерството и менаџментот, токму во ова што го набројав.

етиката, почитта, довербата. Кога ќе настанат промени на Балканот? Тогаш, кога ќе се смени лидерството и менаџментот, кога тие ќе го сменат она што го спомнав во претходната реченица.“, рече Јаневски. Тој додаде и дека не треба се чудиме зошто младите си одат од Балканот. “Со 200-300 евра плата не може да ги мотивираме, нормално дека ќе си одат. Не може да им кажеме, е ај сега стрпете се едно 20 години, ќе биде подобро. Поминаа веќе 25 години од падот на комунизмот. Колку уште да чекаат? Генерацијата што беа млади тогаш сега се веќе средовечни луѓе од 40-50 години“. За проблемот на одливот на млада и квалификувана работна сила од балканските економии се осврна и Кочо Анѓушев, познат по своите бизниси од групацијата Фероинвест: фабриката Брако, трговијата со струја и др., но и како еден од најквалитетните професори на Машинскиот факултет во Скопје. Тој истакна дека за да успееш мора да имаш сон, желба нешто да се направи. “Мора и младите да ги вклучиш во тој успех, да ги направиш дел од еден сон, да ги остварат и тие своите соништа. А, тие сигурно немаат сон да работат во некоја странска фабрика овде за мизерна плата!? Јас во мојата групација од 800 луѓе имам преку 100 инженери, и ниту еден досега не ми отишол во странство. Како сум го постигнал тоа? Прво, мора да им дадам шанса да работат на нешто значајно, да се свесни дека создаваат производ, а не дека се некаква лон шивалница на големите брендови. Токму денес додека зборувам овде, две пратки камиони што ги произведува Брако се отидоа за Британија и Чиле. Второ, морам добро да ги наградам за нивниот придонес во остварување на мојот сон и визија, а воедно и нивниот.“, објасни Анѓушев.

nnn

С

П

САВА ДАЛБОКОВ

член на УО на Steiermärkische Bank und Sparkassen AG

ари има во регионов, нема доволно капитал – и социјален и сопственички. Сега има доволно евтини пари како никогаш претходно, друго прашање е како се инвестираат. А, странските инвеститори и не го сакаат Балканот баш многу како што си мислиме – политичка нестабилност, слаба инфраструктура и образование се дел од причините.

КОЧО АНЃУШЕВ сопственик на Фероинвест

онот на младите луѓе не може да го оствариме со 200 евра плата во странските фабрики. Затоа и ќе си одат во странство. Дајте им да работат нешто значајно, дајте им шанса да креираат готов производ, да бидат дел од вашиот сон и визија, кој што не смее да биде лон производство.

Што сè дискутираа учесниците на тркалезната маса

М

одераторот на тркалезната маса, потпретседателот на Стопанската комора на Македонија и главен извршен директор и претседател на управниот одбор на „Шпаркасе Банка Македонија, Глигор Бишев, во дискусијата, наметна повеќе теми за учесниците: Да се биде мала економија е предност или недостаток? Како треба да реагираат малите економии на тековните случувања во големите економии? Можат ли малите економии да изградат сопствени мултинационални трговски марки или таквите „брендови“ треба да се увезат од „светот“? Можно ли е да се биде мал, а конкурентен, во отсуство на соодветна инфраструктура, образована и квалификувана работна сила, стабилни и ефикасни институции и структурни реформи? Како да се финансира растот на малите економии и нивното приближување кон светските пазари? Имаме ли доволно големи банки, коишто се заинтересирани да ги финансираат фирмите од малите економии? Кои би биле правилата на фискалната и монетарната политика за малите економии? Дали ниските даноци и каматни стапки се лек за сè, или пак за успех се неопходни предвидливост, стабилни макроекономски политики и правично постапување? “Потребно ни е да изградиме една култура на соработка, како увертира во нешто ново - одржлива структура/ здружение или еден интегриран концепт на состаноци на високо ниво, и во ваков или сличен состав да се гледаме и да работиме почесто. Со други зборови, ова да прерасне во традиционален настан кој со тек на време ќе придонесе за градење единствени вредности за сите претприемачи од малите држави и за унапредување на капацитетот на претприемачите од малите држави.“, рече претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, по повод одбележувањето на 95-те години на нејзино постоење со тркалезната маса за развојот на малите економии.



3

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

ОСИГУРУВАЊЕ

МАРТ

2017

УШТЕ ЕДНА ГОДИНА НА РАСТ Минатата година заклучно со третиот квартал, вкупната полисирана премија на сите осигурители е порасната за речиси 5%, со тоа што животното осигурување предничи со високата стапка на раст од 19%, типично за овој сегмент последниве 5-6 години. Предизвик останува освојување на огромниот простор во делот на имотните осигурувања, особено за домаќинства, како и останатите незадолжителни видови осигурување. Во меѓувреме, осигурителите лансираа и нови, претходно непознати за домашниот пазар продукти – за што детално ќе пишуваме во специјалниот прилог “Осигурување: Уште една година на раст“ што ќе излезе на 03.03.2017. Еве што ќе може да прочитате во него:

l КОЈ Е КОЈ НА ПАЗАРОТ: ОСИГУРИТЕЛИ, БРОКЕРИ И ЗАСТАПНИЦИ l ПРИВАТНО ЗДРАВСТВЕНО ДОБРОВОЛНО ОСИГУРУВАЊЕ Е НОВИОТ АДУТ НА ОСИГУРИТЕЛИТЕ: ВИ ГИ ПРЕТСТАВУВАМЕ ПРИДОБИВКИТЕ ОД ОВАА УСЛУГА l НОВА ВРЕДНОСТ НА ОСИГУРИТЕЛНИТЕ ПРОДУКТИ СО АСИСТЕНТСКИ УСЛУГИ ПОМОШ НА ПАТ ВО ЗЕМЈАТА И СТРАНСТВО И ПОМОШ ПРИ НЕЗГОДИ ВО ДОМОТ l КАКО ДА ПОРАСНАТ НЕЗАДОЛЖИТЕЛНИТЕ ОСИГУРУВАЊА: ПРЕДИЗВИК СЕ ИМОТНИТЕ ЗА ДОМАЌИНСТВА И ПРОФЕСИОНАЛНАТА ОДГОВОРНОСТ l ЖИВОТНОТО ОСИГУРУВАЊЕ ПРОДОЛЖУВА СО ДВОЦИФРЕНИ СТАПКИ НА РАСТ l ОСИГУРИТЕЛИТЕ МИСЛАТ И НА МИКРО И МАЛИТЕ КОМПАНИИ СПЕЦИЈАЛНИ БИЗНИС ПАКЕТИ ЗА НИВ

Повеќе информации во врска со прилогот и за претставување во истиот можете да добиете на е-мail: marketing@kapital.com.mk l gordana.mihajlovska@kapital.mk или на телефонскиот број ++ 389 2 3298 505

ЛИЦE ЗА КОНТАКТ:

ГОРДАНА МИХАЈЛОВСКА



www.kapital.mk

Капитал број 904 24.02.2017

24

ЛУЃЕ И КОМПАНИИ Нашата посветеност кон заштита на животна средина може да се согледа преку активностите кои ги применуваме во секојдневното работење. Воведовме електрични возила во нашиот возен парк и со новите две кои ги очекуваме во првата половина од годината ќе располагаме со вкупно седум возила. Во континуитет со останатите имплементирани мерки за ефикасно користење на енергијата и ресурсите резултираме со намалена потрошувачка на хартија за 70% и енергија за 40% за последните три години”, вели Методија Миноски, Одговорен во Одделот за Управување со животна средина во ПроКредит Банка.

ЕДИНСТВЕНА БАНКА ВО МАКЕДОНИЈА СО СЕРТИФИКАТОТ ISO 14001 : 2015

ПРОКРЕДИТ БАНКА ГО СЕРТИФИЦИРАШЕ СИСТЕМОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЖИВОТНА СРЕДИНА

П

роКредит Банка успешно го заврши процесот на сертифицирање на Системот за управувње со животна средина со меѓународниот сертификатот ISO 14001: 2015. Процесот на сертификација беше изведен во текот на Декември 2016 со што ПроКредит стана првата банка во Македонија со ваков сертификат. Чинот на сертификација претставува потврда за успешно воспоставениот систем и институционалната пракса на оддржливо деловно работење од аспект на животната средина и усогласеност со домашните и меѓународните стандарди за зачувување на околината. Системот за управување со животна средина е интегрален дел од клучните вредности на ПроКредит Банка и со имплементација на истиот банката континуирано придонесува кон намалување на негативниот импакт на околината. Системот за управување на животна средина во ПроКредит се состои од три столба. Првиот столб е насочен кон ефикасно користење на ресурсите кои се користат во интерните процеси на банката. Како дел од мерките кои ги применува ПроКредит во секојдневното работење се:

XXКористење електични автомобили кои не испуштаат штетни гасови во воздухот XXКористење на обновливи извори на енергија за системите за греење и ладење, како и за производство на електрична енергија XXСелекција и рециклирање на отпад во неколку категории: хартија, пластика, стакло и електронски отпад, со што се придонесува кон намалување на отпадот во животната околина XXКонтинуирана едукација за подигнување на свесноста помеѓу вработените “Нашата Централна Управа изградена во 2016 год. исполнува високи стандарди за зачувување на животната средина. Зградата користи обновливи извори на енергија за системите за греење и ладење, како и за напојување на електричните возила со електрична енергија. Дополнително во објектот се вградени изолациони материјали и прозори со многу ниска топлинска проводливост, кои заедно со зелените градини поставени на терасите ја зголемуваат енергетската ефикасност на објектот.” Изјави Методија Миноски, Одговорен во Одделот за Управување со животна средина во ПроКредит Банка.

Вториот столб од Системот за заштита на животна средина на ПроКредит се однесува на анализа и проценка на ризикот кој секој одобрен кредит го има кон окружувањето. Банката има усогласена листа на дејности кои не ги финансира заради нивниот негативен импакт кон животната средина и општеството. Финансирање на инвестициите во енергетска ефикасност, заштита на животна средина и обновливи извори на енергија се дел од третиот столб од Системот за заштита на животната средина на ПроКредит Банка. Со активно кредитирање на ваков тип на проекти, банката е насочена кон стимулирање на бизнис секторот во насока на воведување и користење на мерки кои придонесуваат за заштита на околината и истовремено заштеда на ресурси и намалување на трошоци. До сега, ПроКредит Банка има пласирано преку 35 мил ЕУР во кредити за инвестиции кои имаат позитивен придонес кон заштитата на околината, заштедата на енергија и искористување на обновливи извори на енергија и е првата банка во Македонија која нуди еко штедење. Со ова ПроКредит Банка наметнува нови стандарди во банкарскиот сектор со цел поодговорно управување со нашата животна средина. nnn


СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

ГРАДЕЖНИШТВО

ГРАДЕЖНИШТВОТО ГОДИНАВА ЌЕ СИ ГИ СРУШИ СОПСТВЕНИТЕ РЕКОРДИ

СЕ ГРАДАТ ОБЈЕКТИ ВРЕДНИ 840 МИЛИОНИ ЕВРА

INTERVIEW проф. д-р

ВАНЧО ЧИФЛИГАНЕЦ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР НА АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ

ГРАДИМЕ БЕЗБЕДНО, КВАЛИТЕТНО И ОДГОВОРНО ЗА ИДНИТЕ ГЕНЕРАЦИИ

INTERVIEW

ПАВЛЕ ХРИСТОВ

СЕКТОР ПРОЕКТИРАЊЕ И НАДЗОР, ИВАНОВ ИНЖЕНЕРИНГ

НАТАЛИ ТАШЕВСКА ГУЛЕВСКА

СЕКТОР УРБАНИСТИЧКО ПЛАНИРАЊЕ, ИВАНОВ ИНЖЕНЕРИНГ

ОД МАЛА ФИРМА, ИВАНОВ ИНЖЕНЕРИНГ СТАНА БРЕНД ВО ПРОЕКТИРАЊЕ НА ГРАДЕЖНИ ОБЈЕКТИ

НАЈИНОВАТИВНИ И НАЈМОДЕРНИ ЗГРАДИ ЗА 2016


www.kapital.mk

Капитал број 904 24.02.2017

26

ГРАДЕЖНИШТВО ПОРАСТ НА ГРАДЕЖНИШТВО

31,4%

23,5% 19,8%

10,3% 6,0%

6,9%

Извор: Државен завод за статистика

1 кв.

2-3,4% кв.

3 кв.

4 кв.

2015

1 кв.

2 кв.

3 кв.

2016

ГРАДЕЖНИШТВОТО ГОДИНАВА ЌЕ СИ ГИ СРУШИ СОПСТВЕНИТЕ Р

СЕ ГРАДАТ ОБЈЕКТИ ВР

840

МИЛИ ЕВРА

ТРЕНД: МИНАТАТА ГОДИНА СЕ ИЗДАДЕНИ 6,2%ПОВЕЌЕ ДОЗВОЛИ ЗА ГРАДЕЊ


www.kapital.mk

Капитал број 904 24.02.2017

27

РЕКОРДИ

ВРЕДНИ

ИОНИ

ЊЕ ОТКОЛКУ ВО 2015 ШТО НАВЕСТУВА ПЛОДНА ГОДИНА ЗА ГРАДЕЖНИЦИТЕ


www.kapital.mk

Капитал број 904 24.02.2017

28

ГРАДЕЖНИШТВО

Градежниот сектор годинава ќе си ги сруши сопствените рекорди од лани и се очекува да оствари уште подобри резултати. Анализата на податоците од Државниот завод за статистика, покажува дека во 2016 година се издадени вкупно 3.337 одобренија за градење на објекти во вредност од 840 милиони евра, што е 11,8% повеќе отколку во 2015 година. Овие податоци покажуваат дека градежништвото како сектор ќе продолжи да биде главен носител на економската активност во земјата. Освен тоа, Буџетот за годинава исто така предвидува значителна сума од околу 440 милиони евра за јавни инвестиции што значи дека градежните компании ќе бидат ангажирани и на повеќе крупни инфраструктурни проекти финансирани од државата. Статистиката покажува дека годинава ќе се градат и повеќе станови од лани. Градежните компании во текот на 2016 година добиле дозволи за градење на вкупно 641.765 метри квадратни станбен простор, што е 29,6% повеќе отколку во 2015 година. пишува:

Г

Александар Јанев

aleksandar.janev@kapital.mk

Градежните компании ќе треба да ги наполнат мистриите годинава за да ги изградат сите проекти за кои што веќе добила градежни дозволи. Анализата на податоците од Државниот завод за статистика, покажува дека во 2016 година се издадени вкупно 3.337 одобренија за градење на објекти во вредност од 840 милиони евра, што е 11,8% повеќе отколку

во 2015 година. Овие податоци покажуваат дека градежништвото како сектор ќе продолжи да биде главен носител на економската активност во земјата. Освен тоа, Буџетот за годинава исто така предвидува значителна сума од околу 440 милиони евра за јавни инвестиции што значи дека градежните компании ќе бидат ангажирани и на повеќе крупни инфраструктурни проекти финансирани од државата. Од поголемите проекти на државата, годинава се очекува да заврши изградбата на делницата Демир Капија – Смоквица од Коридорот 10. Во тек е изградбата на автопатите Кичево – Охрид и Штип – Свети Николе, се обновуваат автопатите од Смоквица до Гевгелија, од Куманово до Миладиновци и од Неготино до Демир Капија. Годинава се очекува да се обнови и автопатот од Велес до Скопје и од Скопје до Куманово. Во делот на новите експресни

патишта планирани се три делници: Штип – Кочани, Штип – Радовиш и Ранковце – Крива Паланка. Од високоградбите, кон крајот на 2016 година почна изградбата на новата зграда на Народната банка во вредност од 24 милиони евра, а се градат и новите згради на ФИНКИ и Факултетот за физичка култура во вредност од околу 20 милиони евра. Градежниците коментираат дека се очекува годинава овој сектор да си ги сруши сопствените рекорди од лани и да оствари уште подобри резултати. „Во 2017 имаме неколку проекти за реализација, но оптимист сум дека во иднина ќе се отвори поголем фронт за инвестиции. Градежништвото во изминатите години, беше двигател на македонската економија, а очекувам овој тренд да продолжи и во наредниот период. Верувам дека јавните инвестиции на државата ќе дадат позитивен ефект за градежниот сектор и

ФАКТ: 440 МИЛИОНИ ЕВРА ПРЕДВИДЕНИ ЗА КАПИТАЛНИ ИНВЕСТИЦИИ ВО БУЏЕТОТ


ГИ ГРАДИМЕ ВАШИТЕ СОНИШТА РАПИД БИЛД е градежна компанија која изведува објекти од секаков вид и тоа: станбени, деловни, индустриски објекти, магистрални гасоводи комплет со блок станици и главно мерно регулациони станици, атмосферски и фекални канализациони системи, патна инфраструктура со придружни објекти (подпатници, надпатници, пропусти, клучки), реконструкции, доградби итн. Главната одлика на компанијата е брза, квалитетна и современа изведба, која се должи на користење на најсовремена опрема и материјали за градба, имплементирање на светските стандарди за квалитет и менаџмент, како и поседување на тим составен од високо-професионален и стручен кадар. Во реализација на работите во областите на својата дејност секогаш ја запазува техничката регулатива, ги запазува етичките и стручни стандарди на оваа професија, а со своето работење го застапува интересот на својот инвеститор во рамки на законските прописи, интересот на општеството и угледот и репутацијата на професијата и професионалноста.

www.rapidbild.com.mk


www.kapital.mk

Капитал број 904 24.02.2017

30

ГРАДЕЖНИШТВО

градежниците. Имам позитивно чувство во врска со работењето на институциите во државата и искрено се надевам дека ветените капитални инвестиции ќе се остварат, со што ќе се придонесе за растење на севкупната македонска економија“, оценува Ванчо Чифлиганец, генерален директор на компанијата Адора Инженеринг. Статистиката покажува дека годинава ќе се градат и повеќе станови од лани. Градежните компании во текот на 2016 година добиле дозволи за градење на вкупно 641.765 метри квадратни станбен простор, што е 29,6% повеќе отколку во 2015 година. Од Здружението за градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите при Стопанската комора на Македонија коментираа дека изградбата на станови продолжува со засилена динамика а цената не се очекува да паѓа, затоа што побарувачката била на задоволително високо ниво. Чифлиганец вели дека во фокусот на неговата компанија годинава се неколку крупни проекти од станбената градба кои што веќе се во фаза на реализирање, а тоа се комплексот Адора Flatiron Скопје, дијамантската зелена градина Адора Diamond Garden, со 400 елитни станови за кои се очекува да бидат готови за вселување кон крајот на 2017 година. „Воедно, се подготвуваме за изградба на нови 176 станови во објектот Аеродром Црква 3 кои ќе ги започнеме годинава, а се планира до 2018 да бидат спремни за новите сопственици. Адора инженеринг го прошири својот бизнис и со една хумана инвестиција, за која сум горд и лично на мене ми е многу драга, а тоа е веќе почната изградба на рекреативниот комплекс Адора Илинден Скопје – Дом за живеење и нега „Втора младост“, кој ќе има интернационален карактер“, вели Чифлиганец.

БРОЈКИ

3.337

дозволи за градење се издадени во текот на 2016 година што е 6,2% повеќе отколку во 2015 година

840

милиони евра е предвидената вредност на објектите за кои што градежните компании добиле дозволи за градба и тоа е за 11,8% повеќе отколку во 2015 година

641.765

метри квадратни станбен простор треба да изградат компаниите според дозволите добиени лани што е речиси третина повеќе на годишно ниво

Градежништвото носител на економскиот раст

Дека градежништвото е двигател на домашната економија покажаа и податоците за порастот на бруто домашниот производ за трите квартали лани. Според објавените податоци од Државниот завод за статистика, речиси половина од економскиот раст од јануари до септември лани се должи на градежниот сектор, односно без градежната експанзија што во најголем дел ја стимулира државата со јавните инвестиции, економскиот раст би бил преполовен. Пресметките покажуваат дека во првите девет месеци од годината, растот на економијата од 2,4% доколку се исклучи градежништвото би бил само 1,1%.

Во исто време, додека градежништвото достигна раст од 16,2% во првите девет месеци од годината, преработувачката индустрија на пример, го проби дното со пад од 3%. Во останатите сектори во економијата, забележан е раст од 6,3% во земјоделството, 5,3% во финансискиот сектор каде што предничат банките и само 1,8% во трговијата на големо и мало. Сепак, и во градежниот сектор, бизнисмените коментираат дека се чувствува голема неизвесност како последица од политичката нестабилност и според нив, тоа де одразува на бизнис климата. „Имам чувство дека поволната бизнис клима се намалува, но верувам тоа ќе трае кратко. Немањето на формирана Влада создава неизвесна ситуацијата која за среќа не носи големи промени во работата на Адора инженеринг. Ние како градежна компанија сме водени од желбата постојано да се подобруваме и да ги надминуваме непредвидените ситуации, спремни за работење на големи проекти, трудејќи се секогаш да ги следиме и применуваме најновите светски стандарди, трендови, технологии и иновации со цел усовршување на квалитетот на становите. Но, во овие моменти сè не зависи од нас. Од голема важност е што побрзо да се формира Влада и на тој начин да се врати целосната поволна бизнис клима во градежништвото од претходните години“, коментира Чифлиганец.

Битно (е што) се гради!

Меѓународните финансиски институции забележаа дека сепак поголем дел од парите што ги вложија властите во капитални објекти со кои што се стимулираше градежништвото, биле наменети за помалку продуктивни проекти, како на пример споменици, фонтани, плоштади, фасади и сите други барокни зданија кои што го сочинуваат Скопје 2014, чија вредност според последните

ФАКТ: БЕЗ ГРАДЕЖНИШТВОТО, ЕКОНОМСКИОТ РАСТ БИ БИЛ ПРЕПОЛОВЕН


www.kapital.mk

Капитал број 904 24.02.2017

31 истражувања се проценува на околу 670 милиони евра. „Инвестициите во транспортната инфраструктура се клучни за економскиот развој на Македонија“, изјави неодамна Елен Голдстајн, директор на Светска банка за Југоисточна Европа. Економистите исто така коментираа дека инвестициите во Скопје 2014 се непродуктивни од секој аспект, бидејќи степенот на развој на Македонија бара приоритетни да бидат инвестициите во јавната инфраструктура. Методија Несторовски, универзитетски професор чија специјалност е токму инвестиционата политика изјави дека парите потрошени за проектот Скопје 2014 се изгубени пари од економски аспект затоа што спомениците, зградите или плоштадите не се основа за пораст на економијата на долг рок. „Овие инвестиции имаат ефект врз порастот на економијата само во моментот додека се реализираат преку интензивирање на градежните активности. Градежните компании ги собрале парите, прикажале профити и тоа се квантифицирало во зголемување на бруто домашниот производ (БДП). Тоа е единствениот ефект за економијата“ вели Несторовски. Тој појаснува дека кога се вложува во

автопати, железница или други инфраструктурни проекти „се создаваат услови на долг рок бизнисите да ги намалуваат трошоците на работење, на пример преку заштеда на гориво, време за транспорт, и за сметка на тоа тие ќе работат со поголеми добивки, ќе отвораат нови работни места

па дури и ќе го шират бизнисот“. Бизнисмените исто така посочуваат дека парите што ги собираат властите од даноци, придонеси и царини, како и тие што ги позајмуваат, мора да ги трошат попродуктивно. „Очекуваме конструктивен пристап кон


www.kapital.mk

Капитал број 904 24.02.2017

32

ГРАДЕЖНИШТВО

инфраструктурни проекти според реалните потреби на економијата или протокот на луѓе и стоки и секако намалување на влијанието на државата врз целокупната економија. Иако се пропагира дека сме настроени кон економски раст и развој, ние не успеавме да имаме раст кој ќе биде на ниво од 5%-6% со кој би се оживеала или “преродила” економијата. Растот просечно во последните години се движи околу 2,5%, за кој ние сме скептични дека е реален. Очигледно е исто така дека голем дел од растот на БДП се должи на градежништвото, односно фамозниот проект Скопје 2014 и некои други инфраструктурни проекти, кои реално не и помагаат на економијата на долг рок. Оваа инфузија со народни пари некој ден ќе се потроши, па прашањето е што потоа“, истакна Битиќи.

Приходите и добивките на градежниците зголемени

Градежната експанзија се гледа и преку билансите на најголемите градежни компании во земјава. Од вкупно 200 најголеми компании анализирани според нивните финансиски извештаи за 2015 година, дури 21 компании се од градежниот сектор и споредено со годината претходно, има седум повеќе. Сите 21 градежни компании на оваа листа имаат вкупен обрт од 600,4 милиони евра. Сите прикажале позитивен финансиски резултат од работењето и заедно оствариле вкупна добивка од 60,6 милиони евра. Во 21 најголеми градежни компании во земјава до крајот на 2015 година работеле 6.712 луѓе. Најголема компанија од градежниот сектор на листата ТОП 200 за 2015 година е Синохидро Корпорејшн лимитед, кинеската компанија која што ги гради автопатите од Миладиновци до Штип и од Кичево до Охрид за сума од околу 580 милиони евра. Оваа компанија во 2015 година имала приходи од 79,7 милиони евра што е 334% повеќе на годишно ниво, додека пак добивката изнесува 6,1 милиони евра. Во оваа компанија се вработени вкупно 143 луѓе. Второ рангирана градежна компанија меѓу најголемите според приходите остварени во 2015 година е домашната компанија Гранит, со инкасирани 70 милиони евра, што е за 3,9% повеќе отколку во 2014 година. Гранит ја заврши годината со добивка од 3,6 милиони евра и споредено со 2014 година, профитот е зголемен за 16,9%. Во Гранит лани биле вработени 1.798 луѓе. Трета по големина градежна компанија според податоците за 2015 година е Бетон. Компанијата оствари приходи од речиси 50 милиони евра, што е за 9,2% повеќе ако се спореди со 2014 година. Добивката на компанијата изнесува околу 1,5 милиони евра, и е за 30,9% повеќе на годишно ниво. Четврто рангирана градежна компанија со приходи од 42,2 милиони евра и добивка од 12,5 милиони евра е Стројтрансгаз, компанија која што го гради гасоводот од Клечовце до Неготино. Вкупната должина

БАНКАРИТЕ ОДОБРИЈА 14,4% ПОВЕЌЕ СТАНБЕНИ КРЕДИТИ ЗА ЕДНА ГОДИНА

И

нтересот на граѓаните за станбени кредити се зголемува, а тоа го покажуваат и најновите податоци од Народната банка според кои, само за една година, банките го зголемиле кредитирањето за 14,4%. Во пари, тоа значи дека од декември 2015 до истиот месец лани, одобриле 70,6 милиони евра повеќе за купување станови или куќи, со што вкупното станбено портфолио достигна 562 милиони евра. Банкарите потврдуваат дека засилените промотивни кампањи, но и рекордно ниските камати поради силната конкуренција меѓу банките во станбеното кредитирање, го зголемиле интересот кај граѓаните за овие кредити. Според нив, и зголемената понуда на пазарот на нови и стари градби е еден од основните предуслови за зголемен интерес за станбени кредити. Станбените кредити важат за најсигурни пласмани за банките и тоа го докажуваат и податоците од Народната банка, според кои само 2,1% од нив доцнат за наплата и спаѓаат во лоши кредити. Самиот факт што имаат недвижен имот како обезбедување ги прави станбените кредити сигурни а со тоа и клиентите се поажурни во редовната отплата на своите месечни обврски. Меѓутоа, и покрај тоа, банкарите објаснуваат дека одлуката за одобрување на станбен кредит е индивидуална и зависи од тоа дали клиентите ги исполнуваат условите на банката. „Одлуката за одобрување на станбен кредит зависи пред се од кредитната способност на клиентите, како и од вредноста и квалитетот на недвижниот имот кој се нуди како обезбедување Од аспект на сигурност на пласманите на банките, станбените кредити се сметаат за посигурен пласман споредно со потрошувачките кредити, имајќи во предвид дека истите се обезбедени со хипотека на недвижен имот“, велат банкарите. Дури и стрес тестовите на Народната банка покажаа дека доколку се остварат најлошите можни сценарија, лошите станбени кредити може да достигнат најмногу до 17,4% од вкупното портфолио. на делницата е 96,6 километри, но руската компанија ќе изгради 61 километри за 75,7 милиони долари со што треба да се затвори клириншкиот долг меѓу Русија и Македонија. Првите пет најголеми градежни компании ги заокружува грчки Актор кој што го гради автопатот Демир Капија – Смоквица, со вкупни приходи лани од 41,2 милиони евра

што е 35,8% помалку на годишно ниво. Добивката пак, изнесува 1,6 милиони евра. Изградбата на оваа делница со која што треба да се комплетира Коридорот 10 на македонска територија е финансирана со заем од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и Европската инвестициска банка (ЕИБ) од 220 милиони евра и грант од ЕУ од 45 милиони евра. nnn

ЕКОНОМИСТИ: БИТНО Е ДА СЕ ИНВЕСТИРА ВО ПРОДУКТИВНИ ИНФРАСТРУКТУРНИ ПРОЕКТИ



www.kapital.mk

Капитал број 904 24.02.2017

34

ИНТЕРВЈУ

Адора инженеринг е синоним за сигурност на граѓаните кои своите пари и заштеди ги инвестираат во недвижност што ја добиваат во загарантиран рок, по принципот „Клуч на рака“. Тоа значи дека граѓаните во нашиот градежен бренд гледаат сигурен партнер за пласман на нивните слободни средства во недвижности кои ја чуваат и зголемуваат нивната вредност, како најцврста и најсигурна валута во ова кризно време.

проф. д-р

ВАНЧО ЧИФЛИГАНЕЦ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР НА АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ

ГРАДИМЕ БЕЗБЕДНО, КВАЛИТЕТНО И ОДГОВОРНО ЗА ИДНИТЕ ГЕНЕРАЦИИ XВо X 2017-та година заокружувате 15 години работа во градежниот сектор-високоградба. По што ја препознаваат Адора инженеринг денес? Гледано низ бројки, 15 годишниот јубилеј од постоењето на градежната компанија Адора инженеринг го одбележуваме со подигнати 40-тина објекти во Македонија и вкупно изградени 250.000 м², од кои 173.500 м² се станбени површини, а останатото деловни простории и паркиралишта. Во

големото семејство на Адора инженеринг досега имаме над 2.600 купувачи кои со нивните семејства прават цел еден град со 12 илјади граѓани кои го препознале квалитетот на нашите градби, ни ја дале својата доверба и се наша најголема гордост и најскапоцена препорака. Овие бројки го потврдуваат нашето мото, „Само делата се вистина“, со кое Адора инженеринг започна и е позната денес, и тоа не само во високоградбата, туку и во економијата на Македонија, во којашто дава значаен

придонес. Но, она што не промовира и афирмира надвор од Македонија и што покрај 20-те национални признанија ни ги донесе 4-те престижни интернационални награди е подигнување на стандардите во квалитетот на домувањето, на што Адора инженеринг посветено работи 15 години, постојано усовршувајќи се до ниво на уметност во создавањето на врвно домување и светски бизнис стил. Најважен адут во препознатливиот имиџ на Адора инженеринг се безбедните

ЧИФЛИГАНЕЦ: 15 ГОДИНИ ГИ ПОДИГНУВАМЕ СТАН


www.kapital.mk

Капитал број 904 24.02.2017

ГРАДЕЖНИШТВО

35

Адора инженеринг дава значаен придонес во економијата на Република Македонија

АДОРА FLATIRON СКОПЈЕ домови со врвна статика и стабилност, како гаранција за сигурно домување и мирен сон на станарите, без страв од земјотреси. Нашата компанија е прва која во самостојна Македонија со Институтот за сеизмологија и сеизмичко инженерствоИЗИИС, организира тест со вештачки земјотрес со што ја докажавме врвната сеизмичка стабилност на нашите градби. Целта на Адора инженеринг е да даде придонес никогаш да не ни се повтори Скопје 1963-тата, градејќи безбедно за следните 100, 200, 300 и повеќе години. Секогаш неколку чекори пред македонските прописи, следејќи и имплементирајќи ги светските трендови, Адора инженеринг е пионер во воведувањето на иновации за изградбата на дом со целосен комфор за станарите. Први почнавме со изградба на енергетски ефикасните домови во регионот и го добивме првиот енергетски ефикасен пасош А класа во Македонија. Први воведуваме звучна изолација на станбен објект со индекс на звучна пропустливост до 63 ( 57 ) db, што е далеку над македонските стандарди, за што купувачите за прв пат ќе добијат сертификат за акустични својства од реномираниот светски бренд Rigips (Saint Gobain ), како гаранција за дом со одличен звучен комфор. Адора инженеринг е првата компанија која во Македонија изгради станбен објект со органска фасада од реномираниот светски лидер STO, овозможувајќи им здрав воздух и еко комфор на станарите. Акцент ставаме и на светлосниот комфор, овозможувајќи изобилство на природна светлина и циркулација на свеж воздух преку внатрешните атриуми со стаклен покрив во нашите објекти. Адора инженеринг е првата компанија која започна

со изградба на зелени еко појаси со дрвореди околу станбените објекти, што прерасна во традиција, а први започнавме да ја користиме сончевата енергија за производство на електрична енергија за заедничкото осветлување на објектите преку фотоволтаичните системи. XЗошто X одлучивте 15 годишниот јубилеј од постоењето да го одбележите со два атрактивни и уникатни објекти Адора Flatiron Скопје и Адора Diamond Garden? Што ги прави толку посебни и привлечни? Инспирирани од зградата Flatiron, култната архитектонска икона и национално историско обележје на Њујорк, летото 2015-тата година започнавме со изградба на македонскиот Адора Flatiron, ексклузивен станбено-деловен објект, кој стана препознатлив урбан симбол во срцето на Скопје. За целиот тим на Адора инженеринг со искусни архитекти, инженери, економисти и други врвни стручњаци, потврдени градители и реномирани надворешни експерти, вистински предизвик беше како круна на 15 годишното работење на компанијата и нивното долгогодишно професионално искуство, да проектираат и изградат еден по многу нешта уникатен и престижен објект. Адора Flatiron, подигнат за рекордни шест работни месеци на градба, на само 900 метри од централниот Плоштад Македонија во Скопје, на граѓаните им нуди врвно урбано, но и хумано, интимно и здраво домување, со низа иновации и долгорочни придобивки во поглед на надворешната архитектура, ентериерот, стилот, дизајнот и комфорот, за комплетно уживање на станарите. Објектот, за кој

има голем интерес од граѓаните, како за купување дом, така и за деловни простории за бизнис, планираме комплетно да го довршиме и пуштиме во употреба годинава. Минатата година започнавме со изградба на уште еден ексклузивен објект, Адора Diamond Garden, во Скопски КарпошТафталиџе, кој ќе наликува на вистинска дијамантска градина, со многу природна светлина и зеленило во внатрешноста, со што го воведуваме светскиот тренд на зеленото домување во Македонија. Иако Адора инженеринг врвниот квалитет во домувањето го имплементира во сите свои градби, сепак поради локацијата, стилот и дизајнот, долгорочните придобивки и чувството на купувачите дека живеат и работат во амбиент како во светски развиените метрополи, најновите два објекти Адора Flatiron Скопје и Адора Diamond Garden се печат на 15 годишнината од нашето работење. Посебна гордост за нас е што токму за иновативност во стилот и квалитетот на овие два објекти, минатата година Адора инженеринг ја доби престижната интернационална награда The Bizz во Монте Карло, Монако од Светската бизнис конфедерација. XШто X всушност значи органска фасада која за прв пат на станбен објект се имплементира на Адора Flatiron и кои се придобивките од неа за станарите и животната средина? Адора инженеринг како пионер во имплементирање на најсовремени, висококвалитетни материјали и иновативни технологии во своите градби, со STO, издржливата, трајна органска фасада што дише од водечкиот европски производител на

НДАРДИТЕ ВО КВАЛИТЕТОТ НА ДОМУВАЊЕТО


www.kapital.mk

Капитал број 904 24.02.2017

36

ИНТЕРВЈУ

фасади, обезбедува здрав воздух во домовите во Адора Flatiron Скопје. Со карактеристиката на паропропусност, што овозможува вишокот на влага да излезе надвор од греаниот простор и својството на водонепропусност, што го заштитува станбениот објект од надворешни атмосферски влијанија, органската фасада STO гарантира отпорност и издржливост на домовите. Во време на климатски промени, дождови, ветрови, снегови и други надворешни фактори, фасадата STO, од што е изработен завршниот декоративен малтер на овој ексклузивен комплекс, гарантира долгогодишна трајност на бојата и обезбедува здраво домување. Изработена од органски материјали и фибер влакна, фасада STO е подготвена да одолее на сите предизвици и со одличната надворешна термоизолација, нуди целосна топлинска заштита и еко комфор во домовите и деловните простории во атрактивниот објект Адора Flatiron. XКако X Адора инженеринг ќе се претстави на Саемот за недвижности 2017-та во Скопје, кој по 7-ми пат се одржува во рамки на Саемот на градежништво и што може да очекуваат посетителите? Адора инженеринг традиционално, секоја година учествува на Саемот за недвижности и важи за компанија која секогаш има иновативен начин на претставување. И годинава нема да ги разочараме посетителите на Скопски саем, кои од 28-ми февруари до 4-ти март на нашиот штанд ќе видат еден поинаков концепт од претходните години, внесувајќи уште повеќе креативност, забава со популарни јавни личности и изненадувања во кои сите ќе уживаат. Купувањето на стан не е едноставна, туку сериозна животна одлука, што ја одредува иднината на повеќе генерации. Токму затоа нашиот нов слоган кој ќе го промовираме на саемот е „Пресели се за мене“, во стилот на не помалку сериозната брачна понуда, алудирајќи на важноста на изборот. За нашите купувачи на саемот подготвивме и специјално дијамантско изненадување, што асоцира на името на нашиот најнов објект, но и на трајноста на домот, што како и брачната заедница, е симболизирано преку дијамантот како најиздржлив и најцврст скапоцен камен. Годинашната вредна награда за најсреќниот купувач на стан или деловен простор на саемот за недвижности значи продолжување на традицијата купувачите во Адора инженеринг секогаш да добијат повеќе од дом, како што беа патувањата во Дубаи, опремувањето на нов дом, наградата комплетно универзитетско образование и подароците автомобили.. Тимот на Адора инженеринг секојдневно ќе биде присутен на Саемот за недвижности, нудејќи стручни совети и одговарајќи на сите прашања, што ќе им помогне на заинтересираните граѓани да го направат вистинскиот избор на свој нов дом. На саемот ќе ги преставиме објектите Aдора Diamond Garden, Адора Flatiron Скопје и објектот со 176 станови, кој наскоро ќе биде започне да се гради на почетокот на општина Аеродром, на само 10 минути

пеш од строгиот центар на главниот град. Тоа значи дека купувачите ќе имаат избор со широка понуда на станови и деловни простории во три наши нови објекти на различни локации во Скопје. XОсобено X внимание во градењето посветувате на енергетската ефикасност. Што е потребно за една зграда да биде енергетски ефикасна и кои се придобивките за станарите? Ниските месечни трошоци за греење и ладење со повеќекратни заштеди на енергија на долг рок и пониски сметки за потрошена струја, се наша цел со изградбата на енергетски ефикасните домови А класа. Тоа истовремено ќе овозможи во домашниот буџет на станарите да останат повеќе слободни средства со кои тие ќе си овозможат убави моменти на уживање, среќа и задоволство со семејството. За да се добие енергетска ефикасност А класа во еден дом треба да се вложи доста стручно знаење, да се следат и имплементираат најновите трендови, стандарди, технологии и материјали, за што се грижат двајца специјалисти од оваа област заедно со целиот тим на компанијата. Нашите купувачи кои во студените зимски месеци се греат со неколку пати помала потрошувачка на енергија од порано и во летните жештини немаат потреба од вклучување на клима уред, ги чувствуваат долгорочно придобивките од енергетски ефикасните домови А класа, за што имаат и сертификат. XГрадежништвото X остана главен двигател на економската активност во земјава со највисоки стапки на раст. Какви Ви се проценките за годинава, колку овој сектор ќе успее да ги надмине резултатите од лани? Високата градба последните неколку години има интензивен раст во Македонија и тоа не само по бројот на новоизградени објекти и ваквите инвестиции, туку и во подобрување на квалитетот на објектите, во што се издвојува Адора инженеринг.Можам слободно да кажам дека во Република Македонија сега се гради постабилно, со поголема статика и со поцврсти бетони, со висока енергетската класа и комфорно домување на светско ниво, што сметам дека е добро за инвеститорите, но пред сé за купувачите на становите. Тоа, освен градежништвото ја раздвижува и целокупната економија во позитивна насока. Ангажирани се голем број на стручњаци, градежни работници, деловни партнери и подизведувачи, се користат многу материјали од домашно производство, се плаќаат даноци, давачки и придонеси кон државата. На овој голем полигон за натпревар и за работа, сите имаат корист. Верувам дека во наредниот период трендот на инвестиции во високата градба ќе се зголеми. Конкретно во Адора инженеринг утврдениот бизнис план се реализира како што го замисливме, со стандардни остварувања во последните шест години и изградени од 13 до 15.000 метри квадратни годишно, колку што и продаваме. Овој

тренд го задржавме во 2016-та година, тој продолжи и годинава, а јас цврсто верувам дека со мало подобрување на бизнис климата, овој тренд ќе се подобри во 2018-та година. XКако X оди продажбата на становите, колку нови метри квадратни станбен простор планира да изгради Адора годинава? Сé што Адора инженеринг има досега изградено, е продадено уште во тек на градба, од што придобивки имаме ние како инвеститор, но особено купувачите кои притоа имаат низа поволности при купувањето, како и можност да добијат стан по свој вкус и желба. Веќе спомнав, но ќе повторам дека нашата градежна компанија годишно гради околу 15.000 метри квадратни станбено-деловни површини, а со оглед на стандардниот тренд на продажба, очекуваме тој да продолжи и во наредните години. XКакви X се проценките за движењето на цените на становите, очекувате ли дека ќе има промени поради зголемената понуда на пазарот? Цените на станбената нето површина во Скопје, се едни од најниските во регионот во однос на квалитетот кој се нуди и сметам дека во овој момент не е возможно да се зборува за намалување на цените. Треба да се знае дека купувачите во Македонија добиваат клуч на рака за разлика од други соседни држави. Воедно, високиот курс на доларот по правило дополнително ја зголемува цената на станбениот м², а таа кај нас остана иста. Верувам дека со влез на Македонија во НАТО или Европската Унија може да очекуваме драстичен раст на цените на недвижностите во земјава. Интересот за купување на станбен или деловен објект во Скопје е голем, посебно во нашата компанија, бидејќи луѓето знаат да препознаат квалитет и сигурност и каде да ги насочат своите инвестиции. XЈавноста X ве препознава како компанија која посветува многу внимание на општествената одговорност. Што е она што планирате да го реализирате на овој план следнава година? Адора инженеринг не само што постојано ги подигнува стандардите во високоградбата и градежништвото, туку е посветена и на општествената одговорност, како една од темелните и препознатливи вредности во идентитет и имиџот на компанијата. Од основањето до денес, Адора инженеринг по основ на донации и поддршка на заедницата има потрошено околу два милиони евра. Не вбројуваат меѓу лидерите во корпоративната општествена одговорност во Македонија, на што сум особено горд, но жалам кога некои сеуште не можат тоа да го препознаат и ценат. Човек е дотолку побогат колку што им помага на другите, без разлика дали станува збор стипендирање, здравствена помош, обновување на изгубен дом или поддршка на науката, спортот и културата. Сето тоа е со единствена цел, за изградба на похумано, порамноправно и посреќно општество за сите! nnn


ИНСТИТУТ КОНЦЕПТ ВО СОРАБОТКА СО УНИВЕРЗИТЕТ АМЕРИКАН КОЛЕЏ СКОПЈЕ ОРГАНИЗИРААТ ЕДНОДНЕВНА СИМУЛАЦИЈА:

ИСКАЧЕТЕ ГО МОНТ ЕВЕРЕСТ ПРЕКУ СИМУЛАЦИЈАТА НА ХАРВАРД БИЗНИС ФАКУЛТЕТОТ (ОБУКА ЗА ЛИДЕРСТВО, ДОНЕСУВАЊЕ ОДЛУКИ И ГРАДЕЊЕ ТИМОВИ – НА ХАРВАРД НАЧИН!)

l 2 март 2017 година (четврток) l 9:00-16:00 часот Институт Концепт, Скопје Climbing Mount Everest е практична интерактивна симулација за осознавање на проблемите кои тимовите ги имаат во бизнис средината преку аналогија со потешкотиите кои се соочува тимот кој се качува на Монт Еверест – една од највисоките и најопасните планини во светот. Симулацијата е дизајнирана од академици и експерти од Харвард бизнис факултетот за најсоодветно да ги пресликаат: секојдневната интеракција на членовите во тимовите и бизнисот, лидерството и неговата важност за тимот, како и интеракцијата во процесот на донесување на одлуки.

УАКС ЗА СЕКОЈ СЛУШАТЕЛ ОВОЗМОЖУВА:

РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ: 28 ФЕВРУАРИ 2017

l Годишен Harvard Business Review on line пристап

во вредност од 150 €

l Ваучер за упис на УАКС во вредност од 100 € l Видео материјал од предавање на др. Сашко

Кедев на тема "7 Summits"

ПРЕДАВАЧИ:

МАРЈАН И. БОЈАЏИЕВ, Ректор на УАКС од 2010 година. МАКЕДОНКА ДИМИТРОВА, асистент по предмети

од област на менаџмент и Директор на Институтот за претприемништво и лидерски развој на УАКС.

За повеќе информации посетете ја нашата веб страна: www.koncept.com.mk

КОНТАКТ: м-р Ленче Зикова и м-р Ирена Богоевска l e-mail: institut@koncept.com.mk l 02 3128 526 l 070 272 207


www.kapital.mk

Капитал број 904 24.02.2017

38

ИНТЕРВЈУ

ПАВЛЕ ХРИСТОВ СЕКТОР ПРОЕКТИРАЊЕ И НАДЗОР, ИВАНОВ ИНЖЕНЕРИНГ

НАТАЛИ ТАШЕВСКА ГУЛЕВСКА СЕКТОР УРБАНИСТИЧКО ПЛАНИРАЊЕ, ИВАНОВ ИНЖЕНЕРИНГ

ОД МАЛА ФИРМА, ИВАНОВ ИНЖЕНЕРИНГ СТАНА БРЕНД ВО ПРОЕКТИРАЊЕ НА ГРАДЕЖНИ ОБЈЕКТИ Остварувајќи ја визијата и идејата на основачот и сопственик, архитектот Сашко Иванов и благодарение на неговиот беспоштеден ангажман низ годините, компанијата го достигна високото ниво на професионалност и можност да ги обедини и спроведе сите потребни чекори во процесите на урбанизација и градење, започнувајќи од физибилити студии за избор на соодветна локација согласно барањата и потребите на клиентите, урбанизација и регулирање на градежното земјиште, проектирање според највисоки стандарди и водење на процесот на градба. XKeeаква X компанија е Иванов Инженеринг? Какви услуги нудите на пазарот? Иванов инженеринг е компанија чија примарна дејност се консултантски услуги, урбанизам, развој, проектирање, менаџирање и надзор над изведба на градежни објекти и проектирање и изведба на пречистителни системи. Компанијата има професионални ресурси и можности да ги обедини и спроведе сите потребни чекори во процесите на урбанизација и градење, започнувајќи од физибилити студии за избор на соодветна локација согласно барањата и потребите на клиентите, урбанизација и регулирање на градежното земјиште, проектирање според највисоки стандарди и водење на процесот на градба.

Воедно, нашата компанија ги поседува сите потребни лиценци за законско функционирање, и има воспоставен систем на управување според стандардот ISO 9001:2008, a стручниот тим обединува искусен и професионален кадар од повеќе профили од областа на инженерството, неопходен за спроведување на процесите. XКако X се одвиваше развојот на Вашата компанија од основањето до денес? Почетоците на компанијата датираат од средината на 90-тите години од минатиот век, во Битола, како мала фирма со двајца вработени, која за само неколку години прерасна во фирма со поголеми амбиции и ангажмани на ниво на Македонија, за денес да можеме да се претставиме како успешен бренд и надвор од нашите граници, со

имплементирани професионални вредности во комбинација со искуството, енергијата и младоста на нашиот тим.   XКои X се најзначајните проекти на кои што сте работеле досега? Класификацијата на проектите на повеќе или помалку значајни е неблагодарна и често невозможна. Проектантскиот опус на Иванов инженеринг опфаќа проекти од категоријата на индивидуални станбени куќи, преку карактеристични индустриски и здравствени комплекси до изработка на урбанистички планови на ниво на градови. Не е претенциозно ако се каже дека секоја задача доаѓа со сопствени специфики и предизвици кои тимот ги совладува со целосна посветеност. Во овој контекст би ги напомнале: Индустриски комплекси за странски


www.kapital.mk

Капитал број 904 24.02.2017

39

инвеститори: Apple Land/Shafa Construction во Ресен; Сокотаб (Frana) во Драгожани; Кромберг и Шуберт во Жабени, Битола; Kotoen Natie во Петровец, Скопје; Алајанс Оне во Кавадарци. Индустриски комплекси за домашни инвеститори: комплекс Млекара Битола, Дием ГП од Гевгелија, Нов тренд од Штип, Витаминка Прилеп, Еко Клуб Битола, Конти хидропласт од Гевгелија, Дим Комерц од Валандово, Киро Дандаро од Битола, Виталиа Скопје. Јавни објекти: Центарот за позитронска емисиона томографија-ПЕТ, во склоп на комплексот на болница 8ми Септември (Воена болница); Катна гаража „Разловечко востание“ во Скопје; Универзитет на југоисточна Европа – универзитетски комплекс Сарај; Дистрибутивен центар за откуп, складирање и дистрибуција на јаболка (25.000т) во Ресен; Основно училиште „Кочо Рацин“ Петровец; Реконструкција на здравствени центри низ државата: Гинеколошка клиника Чаир, Хируршка болница Св. Наум Охридски Скопје, Општа болница Охрид, Републички центар за трансфузија.   Компанијата како дел од конзорциум со германски партнер ИГИП од Дармштад, извршува надзор над изградба на инфраструктурни проекти како дел од ИПА програмата за претпристапна помош, финансирани од страна на Европска унија. Од областа на заштита на животна средина и енвиронментално инженерство, успешно се реализирани пречистителни станици за отпадни води во повеќе општини во земјата, и тоа: Могила, Кукуречани, Петралица, Гиновце, Лера, Доленци, Богородица, Ранковце. Една од значајните дејности на компанијата е и изработка и имплементација на урбанистички планови, од кои би ги издвоиле: Генерален урбанистички план за град Гевгелија. Урбанистички планови вон населено место: Мултифункционална зона Ќојлија, Петровец; Индустриска зона „локалитет заобиколница„ Гази Баба; Детални урбанистички планови за голем број на општини на територијата на Македонија како: Гази Баба, Ѓорче Петров, Битола, Ресен, Неготино.

Урбанистички планови за села: Петровец, Илинден, Марино, Кадино, Мрзенци. Покрај наведените компанијата има имплементирано значителен број на проекти за резиденцијални, комерцијални и индустриски комплекси во Републиката и регионот, како и урбанистички планови за Клиенти од приватниот сектор.   XШто X Вас како компанија ве издвојува од конкуренцијата, кои се вашите компаративни предности? Професионалноста на прво место. Без разлика на природата, специфичноста или големината на проектот, се пристапува со комплетна посветеност и сериозност при исполнување на барањата. Процесот на проектирање вклучува, покрај техничкиот дел и сеопфатна анализа на сите аспекти на планот и проектот, од финансиска конструкција, варијантни решенија и постојана евалуација додека не се стигне до посакуваниот резултат. Тимот често вклучува и надворешни консултанти и компании од специфични области со кои имаме континуирана соработка. Во зависност од природата на проектот соработуваме со истакнати професионалци и универзитетски професори како и компании со специфични искуства од предметната проблематика. Како пример би ги издвоиле соработките со проектантски бироа од Италија, Турција и Германија при изработка на проектна документација за здравствените центри или затворскиот комплекс Идризово, при спроведување на надзор над изградба на инфраструктурни проекти и сл. XКако X го оценувате дизајнот на новите градби во Македонија? Колку земјата ги следи светските трендови во архитектурата – зелени, паметни градби? Република Македонија има богата градителска традиција низ историјата на регионот, а е присутна и на светската мапа на архитектурата. Во одредени периоди сме чекореле паралелно со современиците од „развиениот свет“ и наша тенденција е да останеме

на ниво на професионалноста без било какви отстапки. Во однос на новите градби во нашата средина, може да се забележи континуирано унапредување на стандардите кое се имплементираат, како во однос на сеизмичка стабилност на конструкциите, така и при енергетскиот аспект на проектирањето. Наша обврска и цел е да продолжиме да ги унапредуваме вредностите на минатите градители во контекст на новото време и предизвиците на современата архитектура.  XКои X се најголемите предизвици за Вашата компанија и кои се најчестите проблеми со кои што се соочувате во работењето? Главен предизвик при остварување на професионалниот ангажман, а воедно и тема која условно генерира проблеми, е тежнеењето кон бескомпромисна професионалност. Тоа подразбира апстрахирање од секојдневните и непотребни влијанија како од политичка така и од природа на менталитетот на опкружувањето. Задача на планерот и проектантот е да ги поставува вистинските прашања и соодветно да одговори во дадениот општествен контекст. Архитектурата знае да биде брутално конкретна и да предизвика реакција која често подразбира дополнителен ангажман во одбрана на професијата. Еснафот мора да смогне сила да ги надмине меѓусебните недоразбирања и да ги совлада надворешните „натрапници“, со што ќе се факторизира како релевантен субјект во општеството. XКакви X Ви се плановите за компанијата во иднина? Постојана тенденција на растење на професионалниот тим и обединување на сродни дејности. Тоа подразбира често усовршување на кадарот и насочување во ново поле на дејствување, што е предуслов за одржување на професионална кондиција како на лично така и на колективно ниво во компанијата. Целта не е и не смее да се сведе само на материјален развој. Професионалниот предизвик и континуирано учење и надградување е главна движечка сила, која е предуслов за задоволни клиенти и секако исполнет и посветен професионален тим. XИмате X ли амбиција да го ширите бизнисот и надвор од земјата? Какви се перспективите за компанија како вашата да извезува архитектонски и градежни услуги? Иванов инженеринг е присутна и има воспоставени односи со деловни партнери и професионални здруженија од регионот и светот. На основа на досегашните искуства и професионални соработки со странските компании и клиенти, имаме ангажмани и отворени можности за соработка во нивните земји. Во секој случај борбата за унапредување на професијата и „подобра“ архитектура приоритетно ја водиме дома, со тенденција кон повисоки вредности и соодветно презентирање пред светот. nnn


www.kapital.mk

Капитал број 904 24.02.2017

40

ГРАДЕЖНИШТВО

НАЈИНОВАТИВНИ И НАЈМОДЕРНИ ЗГРАДИ ЗА 2016

В

ториот највисок облакодер во светот, прва 3Д отпечатена канцеларија, пливачка куќа за сместување на студенти и вселенска зграда на опера – ова се дел од најдобрите згради претставени минатата година.

Harbin Opera House

О

вој проект е завршен кон крајот на 2015 година но мајсторското дело на компанијата MAD светот го виде минатата година. Всушност проектот проектот победи на архитектонски конкурс уште во 2010 година, а зградата на операта во Харбин, Кина опфаќа површина од 850 илјади метри квадратни и се издига во висина од 65 метри. Составен е од два модерни театри со комбиниран капацитет од 2 илјади места. Зградата е сместена во мочуришно подрачје во североисточниот дел на Кина и потсетува на вселенски брод. Идејата на Заха Хадид се вклопија во вообичаено необичните дизајни на MAD. Фасадата е од глатко бели алуминиумски панели со стаклени делови, вклучувајќи и кристална купола на врвот на големото предворје.

OneWorldTradeCenter

С

оздавањето на наследникот на оригиналната зграда World Trade Center која влече многу емоции беше многу тешка задача но компанијата Skidmore, Owings & Merill брилијантно го изведе овој проект, World Trade Center One. Овој облакодер е симболично висок 541 метри и претставува вистински ориентир во Њујорк. Дизајнот на зградата со кристална фасада е инспириран од златната ера на облакодери во градот како што е зградата Chrysler. Интересно е што зелената градба е високо застапена во изведувањето на овој проект. Дождовницата се чува и се користи за наводнување и за ладење, над 40% од материјалите во изградбата се рециклирани, лифтовите можат да ја вратат енергијата со регенеративно кочење со што би се намалила оптовареноста на мрежата.

Mausoleum of the Martyrdom of Polish Villages

П

олската фирма Nizio Design International го проектираше Mausoleum of the Martyrdom of Polish Villages во знак на сеќавање на многуте жртви од руралното подрачје на Полска за време нацистичката окупација во Втората светска војна. Ова е огромен проект и опфаќа опсежен предел. Во централниот дел има ред од 11 објекти налик на куќи кои почнуваат од потполно формирани па како што се оди понатаму, им фалат делови. Тоа всушност го симболизира уништувањето и губењето на животи.



www.kapital.mk

Капитал број 904 24.02.2017

42

ГРАДЕЖНИШТВО Shanghai Tower

S

Office of the Future

О

ткако веќе се позиционираше како град каде што се наоѓа највисоката зграда на светот Burj Khalifa, Дубаи сега е на врвот и со примената на 3Д печатењето во архитектурата со својот проект Office of the Future. Прославена е како прва 3Д печатена канцеларија на светот. Овој објект зазема 250 квадратни метри и се наоѓа во рамки на комплексот Emirates Towers каде што ќе послужи како потполно функционална канцеларија. Екстремно голем печатач со димензии 6x36x12 метри ја изгради оваа канцеларија со истискување на цементна мешавина слој по слој. Користени се и некои дополнителни помали мобилни 3Д печатачи а самиот процес траеше 17 дена.

hanghai Tower е неодамна прогласена за најдобра нова кула во светот според мислењето на експертите од компанијата Emporis. Овој облакодер кој што го проектираше компанијата Gensler, покрај титулата втора највисока зграда доби и многу други признанија. Овој завиен екстремно висок облакодер се издига на импресивна висина од 632 метри над Шангај и неговата изградба чинеше 2,4 милијарди долари. Потребни беа шест години да се изгради и го одликува двослоен стаклен ѕид кој се витка за цели 120 степени со што би се ублажиле ударите од ветрот со кои што се соочуваат така високите кули.

Elbphilharmonie

E

lbphilharmonie е сместена на врвот на некогашното складиште на брегот на реката Елба во Хамбург, Германија, и претставува исклучителна концертна сала која вклучува и хотел како и 45 приватни апартмани. Проектот е на компанијата Herzog & de Meuron. Нејзината атрактивна фасада се состои од 1.100 стаклени панели од кои секој е широк по 4-5 метри и висок преку 3 метри. Фасадата има воочливи сиви рефлектирачки точки кои спречуваат сончевата енергија да ја прегрее зградата а всушност даваат и светлечки ефект.

Urban Rigger

К

омпанијата BIG за проектот Urban Rigger користеше рециклирани контејнери за да создаде одржлив пливачки станбен објект за сместување на студенти. Овој прототип којшто е направен за Копенхаген се очекува да се применува и на други места. Urban Rigger се состои од девет рециклирани контејнери уредени во станбен простор од вкупно 680 квадратни метри. Електрична енергија се произведува од соларните панели на кровот, додека пак системот за претворање на топлината користи морска вода по која плови објектот за ефикасно греење и ладење на внатрешноста.


РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ: 6 МАРТ 2017

ПРАКТИЧНА ДВОДНЕВНА ОБУКА ЗА:

ИПА ФОНДОВИ 5 КОМПОНЕНТА - ИПАРД 2 НАУЧЕТЕ КАКО ВАШАТА ИДЕЈА ДА СТАНЕ РЕАЛЕН ДЕЛОВЕН ПЛАН СО МОЖНОСТ ЗА КОФИНАСИРАЊЕ ОД 50% ДО 75% (ЈАВНИОТ ПОВИК Е ВО ТЕК НА МЕСЕЦ МАРТ 2017)

l 8 и 9 март 2017 година l 09:00-16:00 часот Институт КОНЦЕПТ, Скопје На обуката ќе се зборува за равој на бизнис идејата во проект, за стекнување на вештини за подготовка и менаџирање со проект финасиран од ИПА, како и за ефикасна подготовка на документација потребна за одобрување на ИПАРД проектите. На обуката ќе се работи практично на пишување на деловниот план кој е основен документ за проценка на одржливоста на инвестицијата, во два модула на презентација, општ и финасиски.

ПРЕДАВАЧ:

ИНЖ. MАРИЈА ВАСКОВА, сертифициран тренер за ИПАРД Фондови, акредитиран советник за специјалистички совети при АППРМ – Министерство за економија и сопственик на консултанска фирма за финансико - правен консалтинг.

ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ОВАА ОБУКА: l Оваа обука е наменета за сите заинтересирани физички и правни лица кои сакаат да се запознаат со програмата ИПАРД 2, кои имаат идеја и планираат да започнат бизнис, но немаат информации или пристап до финасии; l За оваа обука не се потребни претходни вештини во пишување на проекти; l За правни лица препорачливо е да бидат присутни менаџери или нивни заменици кои би го раководеле процесот на аплицирање. За повеќе информации посетете ја нашата веб страна: www.koncept.com.mk

КОНТАКТ: м-р Ленче Зикова и м-р Бојана Делидинкова le-mail: institut@koncept.com.mk l02 3128 526 l070 272 207

Т УС ОП РП а н КС

ПЕ

СУ

ТО БО

17 .20 17 .02 20 01 02. од 28. до

Сакајте ја Вашата к жа

Скопје +389 2 / 321 66 08 www.ancevski.com.mk ancevski@laserlab.com.mk facebook.com / Ординација Д-р Анчевски


www.kapital.mk

Капитал број 904 24.02.2017

44

ИНТЕРВЈУ

ПЕТАР ТРПЕСКИ ДИРЕКТОР НА СЕКТОР УПРАВУВАЊЕ СО СРЕДСТВА

ПРЕКУ ШПАРКАСЕ БАНКА ДО ВЛОЖУВАЊЕ ВО АКЦИИ И ОБВРЗНИЦИ НА БЕРЗИТЕ

Со основањето на новата Дирекција, Банката започна да ги нуди и сите преостанати услуги поврзани со хартии од вредност, кои се предвидени со регулативата во Македонија. Во тој контекст, покрај тргувањето на Пазарите преку шалтер на НБРМ, на клиентите ќе им се овозможат услугите тргување на Македонската берза и повеќе други берзи од регионот, инвестициско советување, управување со портфолио на хартии од вредност, чување на хартии од вредност и други услуги предвидени со регулативата. XГ-не X Трпески, какви услуги ќе им нуди на клиентите новата Дирекција за услуги со хартии од вредност во Шпаркасе Банка? Шпаркасе Банка Македонија има повеќегодишно искуство во работењето со хартии од вредност, со оглед дека е пазарен учесник на Пазарите преку шалтер на НБРМ, на кои се тргуваат државните хартии од вредност. Во овој дел, Шпаркасе Банка тргува/соработува со активно портфолио од повеќе домашни и странски клиенти, пред се, финансиски институции. Со основањето на новата Дирекција, Банката започна да ги нуди и сите преостанати услуги поврзани со хартии од вредност, кои се предвидени со регулативата во Македонија. Во тој контекст, покрај тргувањето на Пазарите преку шалтер на

НБРМ, на клиентите ќе им се овозможат услугите тргување на Македонската берза и повеќе други берзи од регионот, инвестициско советување, управување со портфолио на хартии од вредност, чување на хартии од вредност и други услуги предвидени со регулативата. Со ова, понудата на услуги со хартии од вредност ќе се прилагоди и ќе се прошири за да одговори на потребите од сите профили на домашни и странски клиенти.

XМоже X ли да ни објасните што сè треба да направи некој што е заинтересиран да купува акции на некоја од берзите преку Шпаркасе Банка? Во основа, потенцијалните клиенти треба да се обратат на вработените во Дирекцијата,

кои ќе ги комплетираат сите активности поврзани со отпочнување на купувањето акции на Македонската берза и/или на останатите регионални берзи. Формалните процедури за клиентите се значително поедноставени со цел многу полесно и побрзо да ги завршат саканите активности. Исто така, на клиентите им е овозможен и бесплатен воведен разговор со овластен инвестициски советник, на кој ќе ги добијат сите релевантни информации, согласно со нивниот профил и интереси, поврзано со карактеристиките на финансиските инструменти во кои имаат намера да вложуваат, основни информации за издавачите, пазарот, општата економска состојба, очекуваните приноси и ризици поврзани со вложувањата во акции и др.


www.kapital.mk

Капитал број 904 24.02.2017

45 XНа X кои пазари ќе може домашните инвеститори да вложуваат во акции и обврзници преку Шпаркасе Банка? Ќе може ли да се вложува во акции од светски корпорации? Шпаркасе Банка, како дел од меѓународната Шпаркасе и Ерсте Групација, која посветува значително внимание на финансиските пазари, на своите клиенти во овој момент ќе им овозможи непосредно тргување на Загребската, Бугарската, Белградската и Љубљанската берза. Дополнително, се очекува приклучување на Атинската и Букурештката берза во СЕЕ Линк. Со ова, практично, Банката ќе им овозможи на потенцијалните купувачи да вложуваат во било кој финансиски инструмент кој се нуди на овие берзи. Во контекст на вториот дел од прашањето, со исклучок на овластените финансиски институции, останатите правни и физичките лица во Република Македонија не можат непосредно да вложуваат во акции на светски корпорации кои се тргуваат надвор од берзите покриени со СЕЕ Линк. Се до евентуални идни промени во домашната регулатива, овие вложувања ќе можат единствено да се реализираат преку користење на услугите од специјализирани друштва за колективно инвестирање. Во тој контекст, Шпаркасе Банка очекува со посредничка понуда на удели во инвестициски фондови, да го покрие и овој дел. Сепак, може да се заклучи дека со направените промени и отпочнувањето на СЕЕ Линк, на домашните штедачи и инвеститори им е овозможен непосреден пристап до изданијата од повеќе регионално значајни компании. Со ова, опциите за алокација на заштедите и вишоците на ликвидност се значително проширени. XМоже X ли заинтересираните клиенти да сметаат на советување од Шпаркасе Банка во кои акции е најдобро да вложуваат? Инвестициското советување е една од новите услуги за кои зборуваме, и ја предвидува токму оваа можност. Независно од тоа дали клиентот ќе продолжи со користењето на услугата, корисно е да се изврши барем еден разговор со инвестициски советник пред да се пристапи кон било каква активност на финансиските пазари. Ова е особено значајно за клиентите кои прв пат вложуваат во финансиски инструменти различни од депозитите. Што се однесува на услугата инвестиционо советување, во зависност од преференциите на клиентот и нивото на принос и ризик кои ги очекува и прифаќа, инвестициските советници можат да обезбедат релевантни информации со кои ќе се помогне при донесувањето на одлука за вложување. Во тој контекст, се изработуваат/нудат предлог структури на портфолија со проценети приноси и ризици, макроекономски анализи на пазарите каде што Банката може да тргува, фундаментални анализи на издавачите и други специфични извештаи и анализи на барање од клиентите. Битно е да се напомене дека, дополнително, во рамките на Дирекцијата, ќе се нуди и услугата Управување со портфолио на хартии од вредност. Оваа услуга, за разлика

Инвестициското советување е една од новите услуги за кои зборуваме, и ја предвидува токму оваа можност. Независно од тоа дали клиентот ќе продолжи со користењето на услугата, корисно е да се изврши барем еден разговор со инвестициски советник пред да се пристапи кон било каква активност на финансиските пазари. Ова е особено значајно за клиентите кои прв пат вложуваат во финансиски инструменти различни од депозитите. од инвестиционото советување, предвидува целосно управување на вложувањата во име и за сметка на клиентите. Сепак, и оваа услуга ги зема предвид очекувањата на клиентот во поглед на приносот и ризикот.

XКаков X е интересот за оваа услуга, нетипична за банките? Како планирате да ги привлечете клиентите преку банката да инвестираат во хартии од вредност? Како и за секој производ и услуга, одржливоста на долг рок на овие услуги зависи од реалните потреби на клиентите за нив. Во услови на ниски пасивни каматни стапки и тенденција за нивно понатамошно намалување, во време на променливи услови за остварување принос од рента на недвижен имот, потребата за проширување на опциите за вложување на заштедите и вишокот на ликвидност се зголемува. Оттаму, веруваме дека новите услуги ќе го завземат местото во целокупната понуда на опции за вложување, кое во моментот недостасува. Поинаку кажано, со адекватно информирање на клиентите, сите овие услуги имаат потенцијал да станат дел од стандардната понуда за штедење, паралелно со банкарските депозити. XКакви X се Вашите проценки за движењето на пазарите на хартии од вредност, на домашниот и во регионот? Во 2016 година, прометот на Македонската берза забележа пораст за 14%, споредено со 2015 година. Ова зголемување беше одразено и во делот на пазарната капитализација, која се зголеми за 12%. Берзанскиот индекс МБИ 10, исто така,

го отслика овој пораст и забележа зголемување од 16%. Овој тренд, може да се каже дека продолжува и до сега, во 2017 година. Имено, во досегашниот период од годината заблежан е еден од подобрите почетоци во последните 10 години, што може да се смета како позитивен индикатор за понатамошните движења. Во текот на годината, може да се очекува остварените позитивни резултати од работењето на издавачите, како и продолжувањето на одредени аквизициски процеси, да имаат дополнителен позитивен ефект. Во делот на пазарот на хартии од вредност, како позитивно треба да се одбележи и зголемувањето на прометот за околу 18% на секундарниот пазар преку шалтер на НБРМ, на кој се тргуваат државните хартии од вредност. Меѓутоа, и покрај позитивните движења, треба да се има во предвид дека сеуште постојат политички ризици кои можат да се ефектуираат на целокупното економско опкружување во Република Македонија. Што се однесува на регионалните берзи, и таму можат да се забележат позитивни трендови, кои започнуваат во 2016 година. Ова е особено евидентно за Загребската берза која во еден дел од годината според анализите на Financial Times и Bloomberg беше рангирана помеѓу десетте најдобри берзи во светот во делот на порастот на индексите. Дополнително, оваа берза во 2016 година забележа 16% пораст во вкупниот промет и 14% во делот на пазарната капитализација. Истиот тренд, генерално, може да се забележи и на другите регионални берзи. Порастот на прометот, пазарната капитализација и индексите забележаа и Бугарската, Белградската и Љубљанската берза. nnn


www.kapital.mk

Капитал број 904 24.02.2017

46

СВЕТ БИЗНИС И ФИНАНСИИ

ПРОМЕНА НА КОРПОРАТИВНИОТ ДАНОЧЕН СИСТЕМ БЕШЕ ЕДНО ОД КЛУЧНИТЕ ВЕТУВАЊА НА ТРАМП

ЕВРОПА И САД СЕ НА РАБОТ НА ТРГОВСКА ВОЈНА ЕУ може да почне процес во СТО против планираните протекционистички мерки од САД. Предложената реформа на корпоративниот даночен систем, најавена во кампањата на Трамп, е сè уште во ран стадиум, но нејзиното прифаќање нема да биде лесно. За многу од републиканските конгресмени и сенатори „црвената линија“ за воведувањето царини е запазувањето на правилата на СТО. Но, и покрај тоа клучните играчи ја поддржуваат, а претседателот Трамп неколкукратно објавуваше дека СТО ја смета за „катастрофа“

E

Европската унија се подготвува да почне трговски спор со САД што може да се претвори во најголем предизвик во историјата не само на Светската трговска организација

(СТО), туку и на системот на светската трговија изграден по Втората светска војна. Причината за тоа е подготвуваната од страна на американските републикански конгресмени реформа на корпоративниот даночен систем на државата, со која се планира израмнување на граничните дисбаланси. Во практика ова ќе значи воведување на увозни царини во САД, како и ослободување од даноци на приходите од извозот на американските компании, пишува Financial

Times. Реформата е дел од пакетот мерки за зголемување на приходите во буџетот на САД, и истовременото намалување на даноците планирано од републиканците и од американскиот претседател Доналд Трамп.

На суд или во војна

Според експертот за трговски договори на меѓународниот економски институт Peterson, Чад Баун, ако САД го загуби процесот за царините во Светската трговска



www.kapital.mk

Капитал број 904 24.02.2017

48

СВЕТ БИЗНИС И ФИНАНСИИ

организација, тоа може да доведе до одговор од Вашингтон со трговски мерки вредни 385 милијарди долари на годишно ниво. Ова е над 100 пати повеќе од вредноста на највисоката сума пресудена во трговски спор досега. А ако САД одлучат да не се потчинат на вакво решение, тоа може да доведе до потенцијален распад на светскиот систем за слободна трговија и да предизвика редица трговски војни. Првите реакции на еден од најголемите трговски партнери на САД не задоцнија – вицепретседателот на Европската комисија за прашањата на европската трговска политика, Јурки Катаинен, изјави за Financial Times дека потенцијална трговска војна меѓу САД и ЕУ може да има „разурнувачко дејство“ за светската економија, но и предупреди дека при непочитување на меѓународните трговски правила, ЕУ ќе си ги бара правата во СТО.

Увозниците против извозниците

Предлогот на републиканските сенатори водени од Пол Рајан веќе предизвика лобистички борби. Од една страна се компании што се нето извозници, како Boeing, General Electric, Dow Chemical Co., Eli Lilly, и Pfizer, а од друга страна се увозниците како корпорацијата на браќата Кох и синџирот супермаркети WalMart. Првите ќе добијат подобри услови за конкуренција

во странство, но вторите ќе почувствуваат скок во расходите за увоз на производи и суровини. Ако реформата во даночниот систем се случи, WalMart – најголемиот синџир од супермаркети во државата и во светот, ќе треба да плаќа повеќе за увозот, а дополнителните расходи веројатно ќе им бидат префрлени на потрошувачите. Според Boston Globe, неодамна група на мали трговци и продавачи на автомобили почнале кампања под името „Америка за производи по достапни цени“, што ги информира нивните клиенти за ефектите од преложената даночна реформа. Промената на корпоративниот даночен систем беше едно од клучните ветувања на Трамп. Неодамна претседателот на САД, на средба со директори на авиокомпании, вети дека ќе претстави „феноменален план“ за реформа, без да даде детали, освен дека постои неопходност да се ослаби товарот на компаниите.

Битката допрва почнува

Предложената реформа на корпоративниот даночен систем е сè уште во ран стадиум, но нејзиното прифаќање нема да биде лесно. И покрај тоа што во сенатот доминираат претставници на Републиканската партија, барем три од нив изразувале негативно мнение кон реформата, а партијата има мало мнозинство. Според Financial Times

дури за многу од републиканските конгресмени и сенатори „црвената линија“ за воведувањето царини е запазувањето на правилата на СТО. Но, и покрај тоа клучните играчи ја поддржуваат – претседателот Трамп неколкукратно објавуваше дека ја смета за „катастрофа“ СТО. Раководителот на претседателската Национална комисија за трговија, Питер Наваро, изјави во интервју за Financial Times, дека сегашните правила на СТО ги поставуваат во губитничка позиција државите со даночен систем како оној на САД. Врз високиот корпоративен данок во САД, што ги турка инвестициите кон надвор, се наметнува и нееднаков третман на даночниот систем на земјата во СТО. СТО оперира оданочувајќи ги пред сè директните приходи, а сите трговски партнери на Америка сметаат на индиректно оданочување – даноците на потрошувачката – како ДДВ. Така трговските партери создаваат ефективни искривувања, што го блокираат американскиот извоз, а во исто време даваат „субвенции за увозот“ во САД. Според сегашните правила на СТО евентуалните промени во САД ќе противречат на два основоположнички принципи на организацијата- дека државитечленки не можат да дискриминираат во однос на увозни производи и не можат да го субвенционираат сопствениот извоз. nnn



www.kapital.mk

Капитал број 904 24.02.2017

50

ЛИДЕРИ

УРСУЛА БРНС ПРЕТСЕДАТЕЛ НА XEROX

ТОА КАЈ ШТО СИ, НЕ ЗНАЧИ И КАКОВ СИ

П

Позната како првата жена црнкиња што била на чело на Fortune 500 компанија, Урслула Брнс беше главен извршен директор на Xerox, гигантот производител на копир машини, а во поново време на решенија за менаџирање со документи, од 2009

Бевме многу сиромашни, мајка ми чистеше канцеларии и правеше уште триста други работи за да преживееме. Но, знаеше да каже: Тоа кај што си, не значи и каков си.

Како стигнав до врвот? Па, секогаш со мислата, дека во секој момент, може да останам без работа. Мора да се борите од петни жили, да работите напорно и да бидете чекор пред времето.

Најдобриот начин за да го извлечете најдоброто од луѓето е да не ги присилувате да бидат нешто што не се. И сега, што треба тие да бидат? Треба да имаат почит. Почит кон себе, кон работата, кон компанијата, кон вас како шеф...

Соништата се остваруваат, но не без помош од другите, без добро образование, силна работна етика и храброст да се впуштите во неизвесност.

до крајот на 2016-та, а од 2010 година трае нејзиниот мандат како претседател на компанијата. Таа исто така, е и првата жена која наследила друга жена на челна функција на толку голема компанија , а тоа беше поранешната директорка Ен Малкејхи.

Децата се прилично жилави, не се секирајте. Не мора да стигнете на секој нивни спортски натпревар, не се обвинувајте себеси.

Сфатив дека многу поубедлива сум си самата себеси и на другите, кога всушност го велам тоа што го мислам, наспроти тоа што си мислам дека другите сакаат да го кажам.




Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.