906 kapital magazin

Page 1

МАЛИ, А УСПЕШНИ ЕКОНОМИИ ВО ШТО Е ТАЈНАТА ЗА ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ?!

ИНВЕСТИТОРИ VS ПРЕТПРИЕМАЧИ ЗОШТО ВИ ДАДОВМЕ ПАРИ И ШТО ПРАВИТЕ СО НИВ?

Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

COVER STORY

СВЕТ БИЗНИС И ПОЛИТИКА ЕВРОПСКИТЕ ЛИДЕРИ „ДАВААТ ГАС“ ЗА ЕВРОПА СО РАЗЛИЧНИ БРЗИНИ

WWW.KAPITAL.MK

102,8

БАНКИТЕ СО РЕКОРДЕН ПРОФИТ ОД 2008 ГОДИНА ДОСЕГА

МИЛИОНИ ЕВРА

ПОЛИТИКА ПОЛИТИЧКАТА КРИЗА ВО СЕ ПОТЕНЗИЧНО СТАТУС КВО ШТО АКО НЕ НАДВЛАДЕЕ РАЗУМОТ? БРОЈ 906 | ЦЕНА 100 ДЕН. 10 МАРТ 2017 | ПЕТОК | ГОДИНА 18

ПРЕЗЕМАЊА: КОЈ Е КОЈ ВО ЕВРОПСКАТА АВТОИНДУСТРИЈА?



3

Капитал број 906 10.03.2017

СОДРЖИНА

24 04 06 08 16

ВО ФОКУС

Шест сценарија за еврото

24

АНАЛИЗА

40

ИСТРАЖУВАЊЕ

32

ПОЛИТИКА

44

СВЕТ БИЗНИС

48

СВЕТ БИЗНИС

50

ЛИДЕРИ

НАВИГАТОР

Копаоник бизнис форум ЕДЕН РЕГИОН, ЕДНА ЕКОНОМИЈА

COVER STORY

Најголема профитабилност на банките од 2008 година досега Банките со рекорден профит од 102,8 милиони евра

44

40

38

STARTUP

Стартап know – how oд прва рака Инвеститори vs претприемачи: Зошто ви дадовме пари и што правите со нив

Мали, а успешни Стратегиите за економски развој на малите земји Политичката криза во сè потензично статус кво Што ако не „надвладее мудроста“?

INTERVIEW

Проф. ЛУКА ГНАН

шеф на катедрата по деловна економија на Универзитетот „Тор Вергата“ во Рим

Наскоро ќе понудиме двојна диплома заедно со Универзитетот Американ Колеџ - Скопје

НЕМА ЗИМА ЗА БАНКИ

START ME UP

Вкупно 102,8 милиони евра заработија сите банки во земјава во 2016 година и тоа е зголемување на профитот за 36,3% на годишно ниво, покажуваат податоците што ги објави Народната банка. Најголем дел од добивката ја направија групата големи банки. Тие имаат профит од 89,5 милиони евра. Средните банки ја завршија 2016 година со добивка од 11,8 милиони евра, а дури и малите банки кои што последните неколку години книжеа загуби, лани прикажаа добивка од 1,5 милиони евра. Профитабилноста на банкарскиот сектор мерена преку коефициентот на поврат на капиталот (ROE) изнесува 13,6% што е на ниво од 2008 година пред почетокот на глобалната финансиска криза.

Четири претставници на инвеститорската заедница и четири стартапи во кои што инвестирале имавме прилика да слушнеме на панелот наречен “Beyond the investment” (“По инвестицијата“) што се одржа во рамки на Европската стартап седмица 2017 (Startup Europe Week 2017) во Скопје деновиве. Модераторот на панелот, Игор Маџов од Стартап Македонија, ги натера и едните и другите да ги раскажат своите видувања на приказната – како дошло до првичните контакти; со што стартапите ги убедиле своите инвеститори да вложат токму во нив; и што се случува откако инвестицијата ќе легне на сметка.

XX Стр.8

XX Стр. 16

Промовиран нов труд во Клубот на истражувачи на Народната банка Четирите водечки држави „даваат гас“ за Европа со различни брзини PEUGEOT - CITROEN станува европски вицешампион на автопазарот со купувањето на Opel ШЕРИЛ СЕНДБЕРГ

главен оперативен директор на Facebook

Стремежот кон перфекција е рецепт за разочарување

ШТО АКО НЕ „НАДВЛАДЕЕ МУДРОСТА“? Пробиен рокот за распишување на локалните избори со ризик од парализирање на општинските власти; несвикување на Собранието да ја заврши конститутивната седница и да избере свој претседател и нова влада, иако новото парламентарно мнозинство е обезбедено; во меѓувреме подгревање на меѓуетничките тензии… Ова е контекстот што сам по себе претставува и безбедносен ризик, а да не зборуваме колку е примамлив за одредени надворешни сили, кои гледаат дека во моментов не им треба ништо повеќе од чкорче, ако таквиот развој на настаните работи за нивните интереси. XX Стр. 32

Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје l Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31 l П. ФАХ 503, 1000 Скопје l Директор и одговорен уредник: Љупчо Зиков l Печати: Графички центар Скопје, ул. Скупи бб, 1000 Скопје l Тираж: 3.000 примероци l Датум на печатење: 09.03.2017


www.kapital.mk

Капитал број 903 17.02.2017

ВО ФОКУС 4

PROFILE

ШЕСТ СЦЕНАРИЈА ЗА ЕВРОТО

Д

Да се зборува за евентуалното распаѓање на еврозоната повторно стана модерно. Откако залет земаат популистите како Марин Ле Пен, обидувајќи се да “се возат“ кај гласачите со помош на евентуалното пропаѓање на заедничката валута, аналитичарите од рангот на главниот извршен директор на инвестициската банка JPMorgan Chase, Џејми Дајмон исто така не исклучуваат таков развој на нештата, пишува Bloomberg. Еврото преживеа серија потреси од неговото основање во 1999 година, а политичките и економските елити постојано покажуваа дека се подготвени

да направат сè што е потребно, за да ја поддржат валутата. Bloomberg разгледува три сценарија кои што би можеле да доведат до распаѓање на еврозоната, и три кои што би ја поддржале валутата и покрај популистичкиот бран.

1

Ле Пен да победи во Франција

Ова е првото сценарио што би довело до распаѓање на еврозоната. Тоа би се реализирало, ако после сите скандали поврзани со нејзините ривали за претседателската функција во Франција, јавните сондажи се покажат погрешни и Ле Пен победи во вториот круг. Во овој случај таа ќе свика референдум за напуштање на еврозоната, којшто најверојатно ќе биде успешен. Во овој случај ќе следи масовно повлекување на капиталот, не само од Франција, туку и од други земји, како што е Италија, каде што исто така активно се дебатира околу можноста за напуштање на еврозоната. При таква ситуација неизбежно е воведувањето на мерки за

контрола на капиталот. Потоа Ле Пен би се вратила кон франкот, кој најверојатно ќе сака да го врзе со тоа што е останато од еврото. Тоа ќе се покаже невозможно и вредноста на новата валута сепак ќе колабира, прогнозира Bloomberg. Ова ќе предизвика хаос на финансиските пазари, бидејќи нема да биде можно с$ уште да се инсистира дека еврото ќе преживее. Другите земји од еврозоната најверојатно во оваа фаза би го следеле примерот на Франција, со што ќе остане само едно јадро од северните европски земји со заедничка валута.

2

Евроскептицизмот да победи во Италија

Ова е второ можно сценарио за распад на еврозоната, кое би почнало од банкарскиот систем на земјата. Банките во Италија се прилично нестабилни и евентуалното одлука на регулаторите на ЕУ, дека “јажето на спасот“ вредно 20 милијарди евра што владата на Италија ќе го одобри на банките всушност е нерегулирана државна помош, колапсот е неизбежен, пишува Bloomberg.

ПОПУЛИЗАМ ВО ЕУ: ДА СЕ ЗБОРУВА ЗА ЕВЕНТУАЛНОТО РА


www.kapital.mk

Капитал број 906 10.03.2017

5 Тоа би довело до рекорден раст на разликата помеѓу приносот на италијанските и германските државни обврзници, што пак би резултирало до огромен одлив на капитал од земјата и воведувањето на мерки за негова контрола, но и оставка на владата. После долги години на стагнација на економскиот раст и високата невработеност евроскептиците во ликот на движењето "Пет ѕвезди" на комичари Џузепе Грило конечно би победиле на изборите во Италија. Партијата сигурно ќе формира коалиција со Северната лига со заедничка платформа за враќање на лирата. При таков развој на настаните би следеле национализација на банките и референдум околу членството на земјата во еврозоната. Според експертите веројатноста од развој на ова сценарио е 30%.

3

Грција да “експлодира“

Ако кредиторите продолжат да инсистираат на нови штедења и намалување на пензиите, премиерот Алексис Ципрас може да реши во земјата да има предвремени избори, правдајќи се со тоа дека овие барања не биле дел од договорот од 2015 година. Во тој случај можно е да ја добие поддршката и да ја врати довербата на гласачите што ја загуби поради отстапките што ги направи пред доверителите. Победата му е безбедна ако вети дека ќе се откаже од радикалните мерки за штедење. Меѓутоа, тоа би ги натерало другите држави од еврозоната да ја зацврстат својата позиција кон Грција. Во тој случај, Атина ќе треба да објави банкрот заради долгот во Европската централна банка, што ќе ја натера ЕЦБ да сопре со давањето пари на Грција. Депозитите ќе бидат деноминирани во обврзници, а фирмите и владата ќе работат по принципот на размена, додека не се испечати новата валута. Ова ќе го поплочи патот на излегувањето на Грција од еврозоната. Според експертите шансите за ова сценарио да стане реалност се 50%.

Ангела Меркел Мартин Шулц Мари Лепен

а вредноста на еврото би скокнала на валутните пазари. Веројатноста да се реализира ова сценарио е 10%.

5

Шулц доаѓа

Второто сценарио кое предвидува заздравување и засилување на ЕУ и еврозоната е Мартин Шулц да дојде на власт во Германија заради засилениот критицизам против политиката на Ангела Меркел за бегалската криза. Шулц се чини е подготвен да толерира полабава фискална политика, што би Европа се обединува довело до решение кредиторите на Грција Првото позитивно сценарио би се да ги олеснат таргетите за штедење. реализирало ако Европа се фокусира на Така земјата би можела да излезе од кризите преку Атлантикот и на источната програмата за спасување во текот на 2018 граница на ЕУ. Американскиот претседател година и да се врати на меѓународниот Доналд Трамп би започнал трговска војна финансиски пазари. со Германија, а претседателот на Русија, Шулц би го поддржал и емитувањето на Владимир Путин да ја тестира источната заеднички долг на државите од еврозоната граница на НАТО. и бавно би ја прекинал економската Во тој случај, исправена пред најголемата политика на Меркел, започнувајќи егзистенцијална криза за европската скромна финансиска експанзија со сигурност од Втората светска војна, цел поттикнување на внатрешната Германија веројатно би решила да побарувачка во Германија. Тоа би го ја подаде главата напред заедно со намалило трговскиот вишок со САД, кое останатиот дел од Европа и да создаде што ќе ја намали и затегнатоста меѓу фискален сојуз со останатите држави властите во Берлин и Вашингтон. во еврозоната во замена на буџетската При ова сценарио би се реализирало дисциплина. и имплементацијата на фискален Со тоа би завршиле годините на сојуз во еврозоната, откако Германија несигурност околу финансиските обврзници би се согласила на трошоците на кои го држат европскиот блок заедно, јужноевропските држави под одредени

4

услови. Шансите за реализирање на ова сценарио се 25%.

6

Статус кво ситуација

Третото позитивно сценарио предвидува Лен Пен да изгуби на изборите во Франција, Грција да не банкротира, италијанските банки да не колабираат, а Меркел да победи на изборите во Германија, која би го задржала статусот на лидер во еврозоната. Така ЕУ би ја одбележала 60 годишнината во светло на мачните преговори за Brexit и првите месеци на управувањето на Доналд Трамп. Откако ќе се ослободи од притисокот на изборите дома, Меркел и другите водечки лидери на еврозоната би дискутирале за создавањето на министер за финансии на валутниот блок, само после неколку години. Одбивањето на Грција да преземе мерки за штедење, за да ги осигура траншите од спасителната програма би создавало мини криза секоја година, но секој пат се очекува зделка во пет до 12, а економијата на земјата бавно ќе се подобрува, на овој или оној начин. Стравовите за одржливоста на банките на крај би ја натерале еврозоната да воспостави банкарски сојуз со единствена шема за гарантирање на депозитите. Веројатноста за реализирање на ова сценарио се оценува на 75%. nnn

РАСПАЃАЊЕ НА ЕВРОЗОНАТА ПОВТОРНО СТАНА МОДЕРНО


www.kapital.mk

Капитал број 906 10.03.2017

6

НАВИГАТОР ИЗЈАВА НА НЕДЕЛАТА

ОХРИДСКА БАНКА СОСИЕТЕ ЖЕНЕРАЛ ЕЛЕКТРОНСКО БАНКАРСТВО ЗА КОРП

> БРОЈКА Ако корупцијата помине неказнето и има помилување, тоа ќе биде целосно погрешен сигнал кон општеството.

39,9% е зголемен бројот на одобренија за градење во јануари во однос на истиот месец лани

КЛАУС ЈОХАНИС

претседател на Романија

О

хридска банка Сосиете Женерал – ОБСГ деновиве понуди нова, подобрена веб платформа за управување со корпоративните банкарски сметки на клиентите. Новата платформа во рамките на услугите за електронското банкарство ОБСГ Нет, им нуди можност на компаниите на едноставен, брз и безбеден начин, да управуваат со нивните денарски и девизни сметки, во било кое време, каде и да се, објаснуваат од банката. “Збогатена со бројни функционалности новата платформа поседува понапредни алатки за уште

КОПАОНИК БИЗНИС ФОРУМ

ЕДЕН РЕГИОН, ЕДНА Е

В

Во рамките на Копаоник бизнис форумот, претседателите на коморите од Регионот на Западен Балкан првиот ден дебатираа за „ Реформска програма на регионалните инвестиции: еден регион, една економија?“. Генералниот секретар на Регионалниот совет за соработка (РСС), г-дин Горан Свилановиќ, како модератор на панелот истакна дека РСС како ЕУ иницијатива е во директен контакт со ЕУ и работи на регионална економска интеграција на Западен Балкан. „Од десетгодишното имплементирање на ЦЕФТА договорот, каде во фокусот беше либерализација на трговските стоки, сега е време да се насочиме кон исполнување на Протоколите 5 и 6 кои се однесуваат на потполна либерализација на услугите“, истакна генералниот секретар на Регионалниот совет за соработка (РСС), Горан Свилановиќ. Фокусот на политиките во регионот треба да бидат насочени кон паролата „Еден регион, една економија“, која во себе ги опфаќа трите главни столба: единствен инвестициски простор, единствен пазар на труд и единствена развојна ИКТ операбилност. На бизнис форумот во Копаоник учествуваше и претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески

Фокусот на политиките во регионот треба да бидат насочени кон паролата „Еден регион, една економија“, која во себе ги опфаќа трите главни столба: единствен инвестициски простор, единствен пазар на труд и единствена развојна ИКТ операбилност, беше истакнато на Форумот. „За сите овие активности имаме поддршка од бизнис-заедницата којашто го зборува јазикот кој е разбирлив во целиот регион, за разлика од политичките елити“,истакна Азески. „Пример за ова е ситуацијата во македонската економија, иако се соочуваме со криза во последните две години, економијата ја покажа својата еластичност, и успеа да се справи со предизвиците и да продуцира економски раст“, изјави Азески. Општ е впечатокот дека зголеменото ниво на странски инвестиции во

регионот е од суштествено значење за економскиот развој на целокупниот регион. Македонија беше истакната како добар пример и за привлекување на странски инвестиции во земјата. “Но, слободно може да кажеме дека инвестиции има повеќе видови. Странски инвестиции, кои ги очекуваме и за кои ветуваме многу поволности; странски инвестиции кои се тука и кои укажуваат на одредени разочарувања произлезени од начинот на којшто функционираме и домашни инвестиции, кои се тука и укажуваат на


www.kapital.mk

Капитал број 906 10.03.2017

7

Л СО ПОДОБРЕНО ПОРАТИВНИТЕ КЛИЕНТИ

мисла на неделата

поедноставно користење. Дел од придобивките на новата платформа се: неограничен пристап до клиентските сметки 24/7 секаде во светот; можност за преглед на трансакциите и состојба на сметките во секое време; увид и во сметките на другите компании каде што корисникот на електронско банкарство е овластен потписник; сигурност, трајност и безбедност на податоците; едноставно извршување на плаќањата; без надомест за инсталација; достапна е на македонски и англиски јазик; достапна и за нерезидентни правни лица, кои отсега ќе можат да вршат и плаќања преку електронското банкарство, итн.“, истакнуваат од ОБСГ.

Не гледам телевизија и не читам весници. Знам дека ако се случи нешто ептен важно, како и да е, некој ќе ми каже за тоа.

Џастин Трудо премиер на Канада

> БРОЈКА

2,6%

е намалено индустриското производство во јануари во однос на истиот месец лани

лидери

ЕКОНОМИЈА

ДОНАЛД ТУСК

зад кандидатурата за нов мандат на претседателот на Европскиот совет застанаа сите ЕУ-членки, освен Полска

КАРЛОС ТАВАРЕС

Peugeot-Citroen го купи Opel за 2,2 милијарди евра и стана втор најголем производител во Европа

инвестиции кои не ги поттикнуваме. Сепак, странците што се одлучија да инвестираат, привлечени од поволностите, ни даваат до знаење дека постојат фелери во нашиот систем кои тие не можат да ги разберат. Од моментот на изнесување на идејата за формирање на индустриски зони во земјава и за агресивно привлекување на странски директни инвестиции, што е директно поврзано и со создавањето на пријателска бизнис клима, домашната бизнис- заедница се чувствува малку запоставена”, изјави Азески. На форумот учествуваше и српскиот премиер Александар Вучиќ, кој во својот настап најави намалување на даноците на добивка. “Еден од најголемите проблеми на Србија е недоволниот број на вработени во приватниот сектор, кои ги издржуваат сите останати, а причината за тоа е во недоволно развиениот претприемачки дух и недоволно добри проекти и дека најважна задача на владите мора да биде да обезбедат услови за развој на приватниот бизнис, со цел тој

да биде конкурентен и да вработува повеќе луѓе”, изјави Вучиќ, кој потенцираше дека и покрај тоа што сите ја обвинуваат државата, истражувањата покажуваат дека 70% од младите во Србија сакаат да работат за државата. Вучиќ најави дека очекува поголем прилив на странски инвестиции во Србија и регионот но, дека за тоа е потребна и поголема политичка стабилност во регионот. “Потребна ни е на само внатрешна политичка стабилност, туку и стабилност во регионот и ќе дадеме се од себе за тоа да биде обезбедено”, изјави Вучиќ. Копаоник бизнис-форум, кој уште се нарекува и српски Давос, е најважниот настан од ваков вид во регионот, кој традиционално секоја година го организира Сојузот на економисти на Србија и Здружението на корпоративни директори на земјата. На форумот учествуваат над 1000 учесници, претставници на бизнисот, политиката и науката од земјата, регионот и светот. nnn

не им беше неделата

ЕДИ РАМА

Италија ја сомничи неговата влада за илегален увоз на отпад што требало да заврши во Македонија

ФРАНСОА ФИЈОН

претседателскиот кандидат во Франција откако го преживеа скандалот со непотизмот, се дозна дека земал и непријавен заем


www.kapital.mk

Капитал број 906 10.03.2017

STORY 8 COVERSTORY: COVER НАЈГОЛЕМА ПРОФИТАБИЛН

БАНКИТЕ СО РЕКОР ОД МИ

102,8 ЕВ ПРОФИТ НА БАНКАРСКИ СЕКТОР (МИЛИОНИ ЕВРА)

55,4

37,5

37,6

27,3 19,2

2008

2009

2010

51,5

2011

23,8

2012

2013

2014


www.kapital.mk

Капитал број 906 10.03.2017

9 НОСТ НА БАНКИТЕ ОД 2008 ГОДИНА ДОСЕГА

РДЕН ПРОФИТ

ИЛИОНИ ВРА 102,8 75,4

2015 2014

2016 2015

2016

ЗАГУБА

Вкупно 102,8 милиони евра заработија сите банки во земјава во 2016 година и тоа е зголемување на профитот за 36,3% на годишно ниво, покажуваат податоците што ги објави Народната банка. Најголем дел од добивката ја направија групата големи банки. Тие имаат профит од 89,5 милиони евра. Средните банки ја завршија 2016 година со добивка од 11,8 милиони евра, а дури и малите банки кои што последните неколку години книжеа загуби, лани прикажаа добивка од 1,5 милиони евра. Профитабилноста на банкарскиот сектор мерена преку коефициентот на поврат на капиталот (ROE) изнесува 13,6% што е на ниво од 2008 година пред почетокот на глобалната финансиска криза. Зголемените добивки на банките во најголем дел се резултат на зголемувањето на приходите од камати од одобрените кредити при намалување на трошоците за камати за примените депозити.


www.kapital.mk

Капитал број 906 10.03.2017

10

COVER STORY

Финансиски резултати

Добивка (милиони евра)

Годишна промена (%)

Стопанска банка

36,40

16,80

НЛБ Тутунска банка

25,70

89,80

Комерцијална банка

12,70

48,40

Охридска банка

7,10

8,90

Уни банка

2,30

74,90

ТТК банка

1,40

119,50

Стопанска банка Битола

0,50

283,40

Централна кооперативна банка

0,02

/

пишува:

В

Александар Јанев

aleksandar.janev@kapital.mk

Вкупно 102,8 милиони евра заработија сите банки во земјава во 2016 година и тоа е зголемување на профитот за 36,3% на годишно ниво, покажуваат податоците што ги објави Народната банка. Најголем дел од добивката ја направија групата големи банки. Тие имаат профит од 89,5 милиони евра. Средните банки ја завршија 2016 година со добивка од 11,8 милиони евра, а дури и малите банки кои што последните неколку години книжеа загуби, лани прикажаа добивка од 1,5 милиони евра. Профитабилноста на банкарскиот сектор мерена преку коефициентот на поврат на капиталот (ROE) изнесува 13,6% што е на ниво од 2008 година пред почетокот на глобалната финансиска криза. Зголемените добивки на банките во најголем дел се резултат на зголемувањето на приходите од камати од одобрените кредити при намалување на трошоците за камати за примените депозити. Ако се анализираат финансиските извештаи на банките што котираат на Берзата, најпрофитабилна банка лани е Стопанска банка со добивка од 36,4 милиони евра. Добивката на оваа банка е зголемена за 16,8% во споредба со 2015 година. „Овие резултати се остварени во согласност со деловната политика на Банката, во опкружување исполнето со многу предизвици кои произлегуваат од глобалниот и домашниот амбиент. Клучни фактори за остварување на овие перформанси се дефинираната бизнис стратегија, прудентното управување со ризиците и јасен фокус на исполнување на деловните цели“, пишува во објаснувањето на финансиските резултати на Стопанска банка.

Нето приходите од камата изнесуваат 59,1 милиони евра и се зголемени за 7,9% , во однос на претходната година, а како штоп објаснуваат од Стопанска тоа е резултат на зголемените салда на користени кредити. Приходите од провизии и надомести, пак, изнесуваат 17,1 милиони евра и се поголеми за 1,83% во споредба со 2015 година, додека пак расходите по овој основ се зголемени за 2,41% и изнесуваат 1,6 милиони евра. Стопанска банка бележи зголемување и на останатите приходи од банкарската дејност, од курсни разлики и од тргување. Вкупната актива на Стопанска банка достигна 1,4 милијарди евра, што претставува пораст од 1,49% во однос на претходната година. Втора на листата најпрофитабилни банки за 2016 година е НЛБ Банка, со добивка од 25,7 милиони евра, што е дури 89,8% повеќе отколку во 2015 година. „НЛБ Банка АД Скопје работеше согласно усвоената Деловна политика на Банката за 2016 година, прилагодувајќи го тековното работење на економските и пазарните услови во земјата. Банката ги оствари сите планирани оперативни и финансиски цели, при што зачувана е високата ликвидност, стабилност и солвентност“, пишува во објаснувањето на резултатите на НЛБ. Банката бележи зголемување на нето каматните приходи за 12,2% споредено со истиот период од претходната година, при што приходите од камати се повисоки за 5,3%, главно поради повисока состојба на кредити од население при пониски каматни стапки како и повисоки инвестиции во хартии од вредност. Расходите по камати се пониски за 12,7%. Билансот на успех на НЛБ покажува раст и на приходите од провизии за 2,8 како резултат на остварен пораст во доменот на картичното работење, повисоки приходи од платен промет во земјата, како и поради повисоки приходи од зголемениот број на трансакциски сметки, електронско банкарство и лично банкарство и повисоки приходи од провизии од продажба на полиси. Билансната сума на НЛБ на крајот на 2016 година достигна 1,16 милијарди евра што е за 3,4% во однос на 2015 година што главно се должи на порастот на депозитите.

Со добивка од 12,6 милиони евра меѓу најпрофитабилните банки е Комерцијална банка. Профитот на оваа банка е зголемен за 48,4% споредено со 2015 година. „Остварената добивка пред исправка на вредност, која претставува показател за оперативната способност на Банката да ги покрива расходите од работењето е за 4,4% повисока во однос на 2015 година што се должи во најголем дел на зголемувањето на останатите приходи од дејноста и нето приходите по основ на курсни разлики, при истовремено намалување на останатите расходи од дејноста и амортизацијата“, пишува во објаснувањето на резултатите на Комерцијална банка. Вкупните приходи од работењето изнесуваат 76,2 милиони евра и бележат зголемување од 2,7% во однос на минатата година. Нето приходите од камата претставуваат основна компонента во формирањето на вкупните приходи од работењето и се намалени за 3,1% а панот е исполнет со 97,2%. Намалени се и нето приходите од провизии и надоместоци коишто изнесуваат околу 14 милиони евра и планот е остварен со 95,6%. Кај Комерцијална банка, растат Нето приходите од курсни разлики каде што планот е остварен со 122,3%, и останатите приходи од работењето на Банката кои бележат зголемување од 66,4% главно како резултат на повеќе наплатени претходно отпишани побарувања и остварена поголема капитална добивка од продажба на преземен имот по основ на ненаплатени побарувања споредено со минатата година. „И покрај планираното натамошно влошување на кредитите на правни лица, нето исправката на финансиските средства за 2016 година е зголемена и како резултат на неочекувано влошување на состојбите кај одредени корпоративни клиенти“, објаснуваат од Комерцијална. Големата четворка во банкарскиот сектор ја заокружува Охридска банка која што во 2016 година направи профит од речиси 7,1 милиони евра, што е 8,9% повеќе отколку во 2015 година. Нето приходите од камати на крајот од декември 2016 година изнесуваат 18,8 милиони евра и забележуваат пораст

ФАКТ: ПРОФИТАБИЛНОСТА НА БАНКИТЕ СПОРЕД ROE ИЗНЕСУВА 13,6%


www.kapital.mk

Капитал број 906 10.03.2017

11 од 16,6% во споредба со 2015 година со реализација над планот од 11,5%. „Притоа приходите од каматите се зголемени за 5,4%, додека пак каматните трошоци забележуваат намалување за 18% како резултат на прилагодување на каматните стапки на депозитите на клиентите, додека во исто време се намалени трошоците по основ на камати за финансирање од меѓународни финансиски институции поради намалување на состојбата согласно редовнa отплатa на достacани рати“, пишува во објаснувањето од Охридска банка. Во анализираниот период, нето приходите од провизии и од надоместоци се зголемени за 3,1%, со реализација на планот од 87,3%. Нето приходите од курсни разлики се зголемени за 2,8% во споредба со истиот 2015 година, со реализација над планот за соодветниот период од 19%. „Намалување има скоро кај сите видови трошоци , како резултат на воспоставениот процес за зголемување на ефикасноста со прилагодување на бизнис моделот и оптимизација на трошоците. Додека пораст има само кај елементите кои се поврзани со зголемување на активностите и прометот, како што се картичното работење и порастот на премијата за осигурување на депозити поврзани со порастот на депозитната база“, објаснуваат од Охридска банка.

Средните и малите банки стануваат попрофитабилни

УНИ Банка минатата година ја заврши со добивка од 2,3 милиони евра што споредено со 2015 година е зголемување за 74,9%. „Остварениот позитивен финансиски резултат се должи пред се на значителниот пораст на нето приходите од камати и нето повратот на исправката на вредност на финансиските средства. Банката во 2016 година делуваше во согласност со приоритетните цели и задачи дефинирани во Бизнис планот. Клучна цел беше остварување на максимален профит преку оптимално ангажирање на изворите на средства во сигурни и профитабилни пласмани, земајќи ги предвид и ризиците во домашната економија и надворешното опкружување“, образложија од Банката во известувањето доставено до Берзата. Нето каматните приходи како најзначаен елемент на нето банкарскиот приход се на 9,1 милиони евра или за 11%. „Приходите од камати се зголемени како резултат на порастот на кредитното портфолио, додека расходите за камати го задржуваат истото ниво и покрај поголемиот обем на депозити како резултат на пониските пасивни каматни стапки“, објаснуваат од УНИ Банка.

Нето активата на банката до крајот на декември лани е на ниво од 232,5 милиони евра што значи зголемување на истата за 11,6% во однос на 2015 година. ТТК Банка во 2016 година оствари добивка од речиси 1,4, и во споредба со 2015 година е зголемена за 119,5%. „ТТК Банка АД Скопје во 2016 година дејствуваше во насока на остварување на своите приоритетни цели и задачи дефинирани во Деловната политика и во Финансискиот план на Банката, при што во текот на периодот го прилагодуваше своето работење на тековните економски и пазарни услови на стопанисување. Банката лани оствари двојно повисок финансиски резултат“, објаснија од ТТК Банка. Финансискиот извештај покажува дека Банката генерирала повисок оперативен приход за 9,2%, а истовремено и заштеда на оперативните трошоци за 8,7% споредено со истиот период минататa година, со што оперативната ефикасност бележи годишен пораст од 53,4%. Стопанска банка Битола во 2016 година има добивка од приближно половина милион евра. „Главниот акцент во работењето на Стопанска банка Битола беше ставен врз остварување на клучните стратегиски и деловни цели дефинирани во Деловната политика, развојниот и финансискиот


www.kapital.mk

Капитал број 906 10.03.2017

12

COVER STORY

план на Банката. Притоа, Банката го приспособуваше своето работење на промените во економските услови, модерните банкарски текови и глобалните пазарни случувања. Следствено на остварувањата кај клучните плански позиции и наплатата на претходно отпишани побарувања, нето-добивката за 2016 година беше значително поголема од планираната“, објаснуваат од Стопанска банка Битола. Тие образложуваат дека позитивниот финансиски резултат е направен во услови на отежнати услови на стопанисување во домашната економија, како и бавно заздравување на глобалната економија од неодамнешната финансиската криза. Нето приходите од камати се повисоки за 13,32% во однос на остварувањето од минатата година главно како резултат на повисоки нето приходи од камати од домаќинства следствено на зголеменото кредитирање на овој сегмент на клиенти. „Во услови на зголемен обем на кредитни работи и работи во платниот промет, зголемен обем на работа со платежни картички, распространета мрежа на дистрибуција, како и поради растот на бројот на клиенти, приходите од провизии се зголемени за 5,92% во однос на 2015 година. Порастот на расходите за провизии и надоместоци главно е генериран од воведувањето нов производ – Master Card чии ефекти во идниот период ќе се рефлектираат на приходната страна“, велат од Стопанска банка Битола.

Годишен раст од 19% е регистриран во позицијата нето курсни, а останатите приходи од дејноста се повисоки за 30,91% како резултат на остварени капитални добивки од продажба на преземен имот, приходи по основ на наплатени отпишани побарувања евидентирани на вонбилансна евидeнција, како и поголеми приходи од дивиденди во согласност со одлуките на издавачите на хартиите од вредност за распределба на добивката. Како резултат на зголемениот обем на работа, проширувањето на мрежата на дистрибуција, како и поради зголемениот број вработени луѓе, трошоците за вработени бележат раст од 19,11%, останатите расходи од дејноста се зголемени за 3,85%, а амортизацијата останува приближно на исто ниво како во 2015 година. Најмала добивка од банките кои што доставуваат финансиски извештаи до Берзата, лани оствари Централна Кооперативна банка, од само 20 илјади евра, меѓутоа значајно е тоа што оваа банка ги надмина загубите карактеристични од претходните години. „Генерално, одредени индикатори во 2016 година укажуваат на подобрена оперативна ефикасност на Банката, гледано преку намалените останати расходи, подобрените нето приходи од камата и од провизии и надоместоци, како и подобрените останати приходи од дејноста. Видливо е подобрување на финансискиот резултат во однос на истиот период минатата година, при пораст

на кредитното портфолио и пораст на депозитите од небанкарскиот сектор“, објаснуваат од Централна Кооперативна банка. Зголемувањето на нето каматниот приход за 5,97% во однос на нивото од 2015 година, Банката успеа да го оствари со прибирање извори на средства со пониска камата, а расходите за камати во четвртото тримесечје на годината се за 9,78% пониски во однос на истиот период минатата година.

Каква ќе биде годинава за банките?!

Банкарите очекуваат дека макроекономските услови во кои ќе работат годинава ќе бидат постабилни и со помала неизвесност во споредба со 2016 година. Растот на македонската економија, по забавувањето во 2016 година, се предвидува дека повторно ќе забрза. Се очекува и стабилизација на политичката ситуација со што ќе се зголеми предвидливоста за идните економски случувања. Од Комерцијална банка очекуваат во претстојниот период да ги преземат сите неопходни активности за остварување на зацртаните цели и задачи. „Банката ќе биде фокусирана пред се’ на подобрување на квалитетот на портфолиото. Растот на кредитната активност на Банката се очекува да биде умерен, при што не се планираат значителни промени во структурата на активата. Исто така не се планирани значителни промени во структурата на изворите на финансирање,

ФАКТ: ГОЛЕМИТЕ БАНКИ ИМААТ ПРОФИТ ОД 89,5 МИЛИОНИ ЕВРА



www.kapital.mk

Капитал број 906 10.03.2017

14

COVER STORY

така што депозитите на нефинасискиот сектор и натаму остануваат со доминантно учество во вкупните извори на средства“, велат од Комерцијална. Од Охридска банка велат дека во следниот период ќе се ангажираат согласно мерките и активности за реализирање на стратешките и на деловни цели поставени со Развојниот план и со Деловната политика на Банката. „Банката останува насочена кон постигнувањето одржлив и профитабилен раст со освојување дополнително пазарно учество во таргетираните пазарните сегменти, крупни домашни и меѓународни претпријатија, добро позиционираниот дел на МСП-сегментот, индивидуални и ВИП-клиенти вработени во добростоечки претпријатија, вработени во јавна администрација. Во оваа насока фокусот ќе биде ставен на развивање долгорочни и стабилни односи со постојните и со новите корпоративни и индивидуални клиенти од дефинираните целни групи“, велат од Охридска банка. Банкарите од Охридска банка коментираат дека реализацијата на растот на кредитните пласмани ќе продолжи при што одобрувањето кредити ќе се спроведува со претпазливост, детална процена, соодве-

тно структурирање и избегнување на прекумерен кредитен ризик. Од ТТК Банка велат дека во наредниот период Банката ќе биде насочена кон обезбедување стабилно и профитабилно оперативно работење. „Растот на кредитната активност на Банката се очекува да биде на ниво на планираниот раст на БДП, преку зголемување на уделот на работа со населението во вкупните активности на Банката и задржување на фокусот за работа со мали и средни претпријатија. Потпирањето на сопствените извори на финансирање и понатаму ќе биде основа на деловната стратегија, при што и натаму депозитите од секторот население остануваат со доминатно учество во вкупните извори на средства“, истакнуваат од ТТК и дополнуваат дека во текот на 2017 година Банката ќе продолжи со преземање интензивни мерки и активности за наплата на нефункционалните кредити и подобрување на квалитетот на кредитното портфолио и активности поврзани со продажба на преземениот имот, кои би влијаеле позитивно на финансискиот резултат. Од Стопанска банка Битола велат дека очекувањата за периодот што следува се

во насока на постепено стабилизирање на макроекономско опкружување и благо забрзување на домашниот економскиот раст. „Во согласност со Деловната политика, развојниот и финансискиот план, Банката и во идниот период ќе биде фокусирана на понатамошно подобрување на квалитетот на кредитното портфолио и вкупната актива преку засилени активностите за наплата на нефункционални кредити, одобрување нови изложености со прифатливо ниво на ризик и продажба на преземениот имот. Планираното проширување на дистрибутивната мрежа, како и понудата на иновативни производи и услуги, се очекуваат да дадат соодветен придонес кон зголемување на клиентската база и остварување на планираниот раст на депозитниот потенцијал. Врз основа на ваквите активности, динамиката на раст на приходните позиции би била поголема во однос на динамиката на раст на расходите што ќе создаде услови за понатамошно подобрување на финансискиот резултат на Банката“, истакнуваат од Стопанска банка Битола. nnn


НЛБ Станбени кредити

Твој дом, твоја слобода! Аплицирајте за НЛБ Станбените кредити до 31 - ви мај и искористете ги промотивните поволности! • Без трошоци за проценка. • Без трошоци за одобрување за сите Ризико станбени кредити и 50% пониски манипулативни трошоци за останатите Станбени кредити. • Пониски каматни стапки и поповолни услови за приматели на плата во Банката. • Бесплатна полиса за осигурување на станот за првата година. • Бескаматен Happy + инстант кредит за опремување на станот. • Бесплатна Visa Classic и Mastercard Standard кредитна картичка.

www.nlb.mk www.nlbtb.mk

Контакт центар: 02 / 15 600


www.kapital.mk

Капитал број 906 10.03.2017

16

STARTUP

ИНВЕСТИТОРИ VS ПРЕТПРИЕМАЧИ: ЗОШТО ВИ ДАДОВМ И ШТО ПРАВИТЕ СО пишува:

Ч

Игор Петровски

igor.petrovski@kapital.mk

Четири претставници на инвеститорската заедница и четири стартапи во кои што инвестирале имавме прилика да слушнеме на панелот наречен “Beyond the investment” (“По инвестицијата“) што се одржа во рамки на Европската стартап седмица 2017 (Startup Europe Week 2017) во Скопје деновиве. Модераторот на панелот, Игор Маџов од Стартап Македонија, ги натера и едните и другите да ги раскажат своите видувања на приказната – како дошло

до првичните контакти; со што стартапите ги убедиле своите инвеститори да вложат токму во нив; и што се случува откако инвестицијата ќе легне на сметка. Нино Карас доаѓа од стартапот Letz, првата компанија од Македонија што доби пари од регионалниот venture capital инвестициски фонд South Central Ventures, кој што има канцеларија и во Скопје. Letz доби 100 илјади евра за да го искористат до максимум потенцијалот на својот т.н. “четбот“ (chatbot – компјутерска програма што симулира конверзација со луѓе) поддржан од вештачка интелигенција кој што им помага на корисниците полесно да си го организираат денот и да заштедат време. “Ние имавме тим што развива апликации веќе шест години (заедно со Мартин Анчевски и останатите развиваат свои продукти и стартапи од 2011 година, прво со Codewell, стартап познат по апликацијата MarkO, а во 2015 беа дел од

акцелераторот Rockstart од Амстердам, н.з.) и бевме во фаза на развој на четботот кога му пристапивме на SCV фондот. Бидејќи практично бевме прва venture capital инвестиција во земјава, не знаевме баш точно што нè очекува во процесот, но секако имавме помош од самиот фонд. Од моментот на првите разговори, додека беа префрлени парите од нивна страна, поминаа околу девет месеци.“, објасни Нино Карас. Ивана Станковиќ, менаџер во SCV фондот рече дека најважната работа што пресудила да им дадат пари на Letz е посветеноста на тимот и нивното позитивно искуство во правењето апликации. “Ние стратешки сме претежно насочени во финансирање проекти во сферата на business – to – business, и business – to – consumer сегментот не ни е толку близок, и затоа беше битно Letz да имаат познавање во таа сфера“, вели Станковиќ.

ПРЕПОРАКА ДО ПРЕТПРИЕМАЧИТЕ: НЕ БАРАЈТЕ ПАРИ САМО ОД ОНИЕ


www.kapital.mk

Капитал број 906 10.03.2017

17 Македонски претприемачи и инвеститори во нивните идеи седнаа заедно на маса и објаснија како дошло до зделките и што по нив: сето тоа се случуваше на Startup Europe Week во Скопје, ние бевме таму и ви ги пренесуваме најинтересните поенти.

МЕ ПАРИ НИВ На крајот на денот, вели таа, ги поддржале затоа што верувале дека имаат капацитет да го остварат тоа за што побарале пари. “Отворени сме за било каква консултација и помош. Формално, од стартапот се должни да ни доставуваат месечен извештај за напредокот, но почесто имаме неформални средби, односно комуникацијата е на многу поредовно ниво, затоа што ако чекаме од извештајот да видиме дали нешто не е во ред, ќе биде многу касно. Една работа е планот и проекцијата, но никој не може со точност да предвиди каде ќе се движат нештата“, истакнува Станковиќ. А, Карас се надоврза со препорака до сите млади претприемачи што допрва имаат намера да побараат инвестиција, да бараат инвеститор што ќе ја разбере нивната идеја, нивниот концепт за развој на продуктот и секоја промена што ја прават, мора да ја искомуницираат како што треба.

“Не смеете да се држите по секоја цена до она што сте го зацртале како план, а пазарот вели нешто сосема друго. Тоа би било убиствено за стартапот.“

Како државата поддржува стартапи

Од страна на институционалните инвеститори, во дискусијата учествуваше и државниот Фонд за иновации и технолошки развој – ФИТР, кој што за две години има четири повици за аплицирање од страна на стартапи, преку две програми за финансирање. Меѓу компаниите во коишто досега инвестирал ФИТР е и Mobidonia, стартап кој што развива софтверска платформа што овозможува без некои поголеми претходни знаења за програмирање или дизајн, да направите апликација за мобилен уред - телефон или таблет, дури и за 10 минути. Даниел Димов од Mobidonia, рече дека 30-те илјади

евра што ги добиле од ФИТР, им биле потребни за да ја прилагодат платформата, покрај апликациите за Android и iOS, да поддржува и апликации што за Windows, како и најновото, за iWatch паметните часовници. “За сето тоа, требаше да го прошириме тимот, ни требаше и време и пари, па повикот на Фондот за иновации ни се виде како добра прилика. Се презентиравме со бизнис план, но сфативме дека се расплинуваме со премногу типови на апликации и одлучивме да се фокусираме само на дел од нив. Презентацијата пред Фондот беше тешка, иако ние мислевме дека ќе зборуваме пред луѓе што се правници и сл., што не се разбираат многу во апликации, не беше така, напротив“, го сподели своето искуство со државниот инвестициски фонд, Димов. Катерина Кречева, претставник на ФИТР, рече дека нивната цел е да го поддржат претприемништвото, кое што во суштина значи преземање ризик, и затоа поддржуваат проекти со можеби повисок степен на ризик од оние типично поддржувани од VC фондовите или бизнис ангелите. “Проектот треба да има во себе и компонента на истражување и развој, во самиот инструмент за финансирање е назначено дека се покриваат проекти што се во фазите од proof-of-concept (прототип, првична верзија на продукт, апликација и сл., што може да докаже дека идејата е изводлива и има пазарен потенцијал, н.з.) до readyto-market (спремни за комерцијализација, н.з.) треба да докажат дека решението е технички изводливо и дека постои потенцијал за пазар.“, објасни Кречева. Таа им препорачува на сите заинтересирани стартапи да ги следат повиците на Фондот, како и отворените денови што ги организира тој, каде што може да се запознаат подетално со сите критериуми за финансирање.

Натерај бизнис ангел да го одврзе ќесето

На “Beyond the investment”, имавме прилика да видиме и инвеститори што не баш така често можеме да ги видиме на јавна сцена во Македонија – бизнис ангелите или ангели

Е ИЗВОРИ ЧИЈАШТО ОСНОВНА ДЕЈНОСТ Е ФИНАНСИРАЊЕ СТАРТАПИ


www.kapital.mk

Капитал број 906 10.03.2017

18

STARTUP

Четворица од страната на инвеститорите и исто толку млади претприемачи, основачи на стартапи, во кои што првите имаат вложено ги споделија своите искуства за соработката на втората по ред Startap Europe Week во Скопје.

инвеститори Пред сè, затоа што и ги нема многу во земјава, второ, и тие што ги има, претпочитаат анонимност и дискреција. Овој пат, Петар Андреевски, индивидуален бизнис ангел и Пеце Ангелковски од Клубот на бизнис ангели при CEED, ги споделија своите искуства за инвестициите во Buzz и Brainster, респективно. Првата е апликација за поврзување на студенти, присутна и на регионалните пазари, а вториот проект е онлајн платформа за офлајн едукативни курсеви и обуки. И во двата случаи не се открива висината на инвестициите, затоа што така е договорено помеѓу

стартапите и бизнис ангелите, пракса која што не е реткост и во поразвиените стартап заедници во светот. Петар Андреевски, и самиот прилично е млад, но доста искусен претприемач во сферата на финансискиот сектор, поточно брокерското посредување при осигурување, со кое што се занимава од свои 19 години, или повеќе од 12 години досега. Пред аудиториумот на Startap Europe Week рече дека ова му е прво искуство како ангел инвеститор, и откри дека на почетокот не бил воопшто заинтересиран за идејата на дечките од Buzz.

ПРОДУКТ: Дигитален асистент во организирање на дневните активности, т.н. chatbot, базиран на вештачка интелигенција

НИНО КАРАС LETZ

XИнвестиција X од SCV фондот: 100 илјади евра Искуство: “Не баравме само пари, туку ‘паметни’ пари, односно направивме своевиден due diligence на опциите од каде би побарале инвестиција. На секој стартап му треба менторство и добар совет. Требаше инвеститорот да ја разбере нашата идеја, нашиот концепт за развој на продуктот и секоја промена што ја правиме, мора да ја искомуницираме како што треба. Не смеевме да се држиме по секоја цена до она што сме го зацртале како план, а пазарот вели нешто сосема друго. Тоа би било убиствено за стартапот.“

“Јас всушност и не сакав да ги примам на разговор, но нивната пасија за проектот ме освои уште на првиот состанок. Тоа е клучната особина што мора да ја имаат луѓето што сакаат да прават бизнис, второ е дали може брзо да почне да се заработува од таа идеја и на крај, дали таа може да се преслика и на други пазари, да не остане само во локални рамки“, рече Андреевски. Никола Соколов од Buzz, пак, рече дека во моментов се петмина во стартапот, нивната онлајн платформа за поврзување на студенти постои една година, има преку сто илјади корисници, а освен во

XЛИЧНА X КАРТА: Регионален венчр капитал инвестициски фонд, со канцеларија и во Скопје Совети за стартапите: “Она што сакаме да видиме кај стартапот е целосна посветеност на идејата, до ниво што би значело дури и да прашаме ние ‘како размислувате за exit стратегија и сл., тие да ни одговорат ‘не сакаме да излеземе, спремни сме ова да го правиме до крајот на животот”. Тоа е таа страст што ни е битна. Сепак, бидејќи ние како VC фонд заработуваме од повратот на инвестицијата, кога ќе дојде стартап кај нас, размислуваме и за тоа колку е развиен пазарот во бизнис секторот каде што стартапот е фокусиран, односно, дали има други етаблирани играчи на пазарот што по извесен период би биле природни купувачи на она што стартапот го работи. “

ИВАНА СТАНКОВИЌ

SCV инвестициски фонд

НАЈВАЖНО: ТИМ И ПОТЕНЦИЈАЛ ЗА ПОШИРОК ПАЗАР ОД ЛОКАЛНИОТ


31

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

ЖЕНИТЕ ВО БИЗНИСОТ

МАРТ

2017

Иако неоправдано потценети и запоставени - за што досега многу сме пишувале (причини, фактори, решенија...) - жените низ голем број примери од домашната пракса се покажале како еднакви, често и поуспешни бизнис лидери од своите машки колеги. Во специјалниот прилог “Жените во бизнисот “ ќе се позанимаваме токму со овие своевидни хероини на македонската економија: основачи или сопственици, а неретко и двете; претприемачи; главни или секторски менаџери; секакви профили на деловни жени кои што во растот и развојот на компаниите што ги поседуваат или работат во нив придонеле со парче од својата душа и срце. Во “Жените во бизнисот“ ќе може да прочитате:

l КОЈА Е КОЈА: НАЈУСПЕШНИ ЖЕНИ БИЗНИСМЕНИ ВО МАКЕДОНИЈА СПОРЕД КРИТЕРИУМИТЕ НА КАПИТАЛ l раст и развој на компаниите l пробив на странски пазари l иновативни продукти и процеси во бизнисот l придонес во развој на заедницата l ПРЕТСТАВУВАМЕ “ЛИДЕРИ ОД СЕНКА“: МЕНАЏЕРКИ ШТО НЕ СЕ СОПСТВЕНИЦИ НА БИЗНИСОТ, НИТУ НА CEO ПОЗИЦИЈА, НО ПРЕДВОДЕЈЌИ НАЈРАЗЛИЧНИ СЕКТОРИ HR, маркетинг, финансии, PR, итн. СО СВОЈАТА СПОСОБНОСТ СЕ ДОКАЖАЛЕ КАКО ЕДНИ ОД КЛУЧНИТЕ ФИГУРИ ЗА РАЗВОЈОТ И УСПЕХОТ НА КОМПАНИИТЕ ВО КОИ ШТО РАБОТАТ l КАКО МАКЕДОНСКИТЕ ЖЕНСКИ БИЗНИС ЛИДЕРИ ГО МЕНАЏИРААТ УСПЕХОТ: СОВЕТИ ЗА КАРИЕРАТА И БАЛАНСИРАН ЖИВОТ ОД ПРВА РАКА l ЗАПОЗНАЈТЕ ГИ НАЈМОЌНИТЕ ДИРЕКТОРКИ ВО РЕГИОНОТ И СВЕТОТ, СПОРЕД РАНГИРАЊАТА НА НАЈПРЕСТИЖНИТЕ БИЗНИС МЕДИУМИ НА ПЛАНЕТАВА Капитал, традиционално во специјалните прилози, ви нуди можност и за комерцијална презентација на успешните приказни на жените лидери, за што нашиот продажен тим подготви различни пакети.

Повеќе информации во врска со прилогот и за претставување во истиот можете да добиете на е-мail: marketing@kapital.com.mk l gordana.mihajlovska@kapital.mk или на телефонскиот број ++ 389 2 3298 505

ЛИЦE ЗА КОНТАКТ:

ГОРДАНА МИХАЈЛОВСКА


www.kapital.mk

Капитал број 906 10.03.2017

20

STARTUP ПРОДУКТ: Апликација за поврзување на студенти, присутна и на регионалните пазари

НИКОЛА СОКОЛОВ Buzz

XИнвестиција X од бизнис ангел: Сумата не е откриена Искуство: “Една година работевме на Buzz без никаква инвестиција од надвор; работевме по 8 часа на ден на самата апликација, и уште по 4-5 часа за да заработиме за кирија, сметки, маркетинг, итн. Откако успеавме да ја прошириме апликацијата во Македонија, сфативме дека долго време ќе ни треба да заработиме од неа и да се прошириме на странски пазари, освен ако не побараме инвеститор. Откако најдовме инвестиција од бизнис ангел, поминаа 5-6 месеци додека таа легне на нашата сметка, додека се регулираат сите формално – правни детали. Ние всушност требаше да основаме фирма, на инвеститорот пак, му беше првпат да влегува во ваков потфат, па заедно ги учевме сите работи во од“.

Македонија, проширена е и во Србија и Хрватска, засега. Тој и нивниот инвеститор Андреевски, рекоа дека нивната соработка се заснова на доверба и дека гледаат што помалку да се занимаваат со формалности. “Тој што никогаш не бил во стартап, не знае

колку брзо се носат одлуки и колку брзо се менуваат околностите, често се менуваат плановите, но за тоа ние комуницираме постојано со инвеститорот и имаме разумни дискусии“, рече Никола. Петар смета дека бизнис ангелите не треба да се мешаат премногу во менаџментот на стартапите,

ПРОДУКТ: Платформа за едноставно изработување мобилни апликации за Android, iOS и Windows.

ДАНИЕЛ ДИМОВ Mobidonia

XЛИЧНА X КАРТА: Претприемач во финансискиот сектор со 12 годишно искуство. Прво искуство како ангел инвеститор. Совети за стартапите: “Јас никогаш не сум размислувал да бидам ангел – инвеститор, дури не сакав ни да разговарам на почетокот со екипата на Buzz. Но, нивната верба во продуктот и аргументираниот бизнис модел ме убедија. Јас сум всушност, доказ дека претприемачите не мора да се фокусираат исклучиво ПЕТАР на инвеститори чија што основна АНДРЕЕВСКИ дејност е давање инвестиции. бизнис ангел Ако се фокусираат само на такви извори, на крајот тоа ќе биде добро оправдување зошто не добиле пари. Секој познава луѓе што имаат одредени заштеди и сл. и особено сега, на толку ниски каматни стапки имате добри аргументи да привлечете нечии пари од оние 5 милијарди евра депозити во нашите банки. Но, прво мора да сакате да правите бизнис, да бидете спремни на деноноќна напорна работа, многу љубов и пасија. Инаку, и тука и во Германија или САД, пари од работење за плата не се прават.“

XИнвестиција X од ФИТР: 30.000 евра Искуство: “Ние три години работевме на платформата за едноставна изработка на апликации, имавме неколку клиенти, дел од нив бараа апликации за Windows, дел беа заинтересирани и за iWatch апликации. Требаше да го прошириме тимот, ни требаше и време и пари, па повикот на Фондот за иновации ни се виде како добра прилика. Се презентиравме со бизнис план, но сфативме дека се расплинуваме со премногу типови на апликации и одлучивме да се фокусираме само на дел од нив. Презентацијата пред Фондот беше тешка, иако ние мислевме дека ќе зборуваме пред луѓе што се правници и сл., што не се разбираат многу во апликации, не беше така, напротив“.

затоа што преголемото мешање значи и преземање одговорност. “А, одговорноста за успехот или неуспехот на стартапот на крајот сепак ја сносат самите основачи, самите менаџери. Ако сакаат нешто да се консултираат и сл., јас сум секогаш тука за нив, но не инсистирам

XЛИЧНА X КАРТА: Државен инвестициски фонд, досега четири повици за поднесување предлог проекти за финансирање Совети за стартапите: “Немојте да мислите дека ако сте дошле до инвестиција сте завршиле работа. Развојот на еден стартап никогаш не застанува, а ние како фонд се трудиме да им помагаме на претприемачите и понатаму да собираат средства. Можеби процедурите кај нас се малку КАТЕРИНА повеќе административни и КРЕЧЕВА инертни, затоа што сме државен Фонд за иновации и фонд имаме должност за технолошки развој отчетност, но ние се трудиме да ги направиме што подинамични, впрочем каква што е природата и на самите стартапи. Во текот на проектите, ние сме сведоци на тоа како постепено се менува нивниот став кон бизнисот, односот кон клиентите и сл., затоа што имаат можност да работат со експерти, консултанти, итн.“

УПОРНОСТ: АКО ВЕ ОДБИЕ ЕДЕН ИНВЕСТИТОР, БАРАЈТЕ ДРУГ!



www.kapital.mk

Капитал број 906 10.03.2017

22

STARTUP ПРОДУКТ: Онлајн платформа за офлајн едукативни курсеви и обуки

ПЕТАР НИНОВСКИ Brainster

XИнвестиција X од Клубот на бизнис ангели при CEED: Сумата не е откриена Искуство: “Јас имав две опции: да барам партнери со кои што ќе ја развиваме идејата или да продолжам сам, но со помош на инвеститори. Кога им пристапив на клубот на бизнис ангели имав демо производ и proof of concept дека вакво нешто може да успее и да се прошири надвор од Македонија. Во мојот случај процесот на договарање и самото инвестирање на крајот траеше околу 4-5 месеци, но тоа е некој просек што важи и за светски развиените стартап средини. Кога ќе ја добиеш инвестицијата, тогаш почнува вистинската авантура. Се разбира дека самата идеја, проектот, може да се разликува од она што бил пред и по инвестицијата. Една од клучните предности на стартапите во однос на големите компании е што може брзо да се прилагодат на потребите на клиентите, брзо да прават промени. “

мојот збор да е последен“, вели Петар.

Првата година без многу “мешање во штипки“

Пеце Ангелковски од Клубот на бизнис ангели при проектот за поддршка на претприемништвото и менаџментот CEED, каде што членуваат повеќемина индивидуални инвеститори, рече дека предност е за бизнис ангелот ако тој има некаков бекграунд во претприемништвото. “Тогаш може полесно да ги препознае претприемачките карактеристики кај основачите на стартапите што доаѓаат за инвестиција кај него. Кај Петар Ниновски видов дека зад него стои многу истражување, многу работа, знаење и самодоверба што е предизвикана токму од претходните нешта. Кај мене еднаш во пет пати се случува да поверувам во претприемачот“. Додава дека при инвестицијата од страна на

XЛИЧНА X КАРТА: Клубот е формиран во 2013 година, три инвестиции до јуни 2016-та. Совети за стартапите: “Бидете проактивни, инвеститорот нема да ве бара вас. Лесно може да дојдете до секој за кого што мислите дека може да ја финансира вашата идеја, лесно е и да се најдат изговори ако не го сторите тоа. Стартапот во основа треба да се фокусира на три работи: да реши некој проблем, да има вистинска потреба за неговиот продукт и да е забавен. Многу важно е да не бидете копии на нешто веќе познато. Кај мене доаѓале луѓе со идеја, велат, ‘сакаме да правиме македонски Booking.com’. Која е смислата на тој продукт?! Кај инвеститорите повеќе поени се добиваат ако сте направиле анализа на пазарот, ако имате барем некаков прототип, minimum viable product (продукт со перформанси развиени само до таа мера да може да се тестира, но сè уште не спремен за комерцијализација, н.з.).

бизнис ангели, доста практично е кога се неколкумина инвеститори, затоа што еден се разбира повеќе во една работа, друг во друга, и така стартапот може да добие помош и консултации за различни аспекти од бизнисот. Тој вели дека не инсистира веднаш на детални информации за сè што работи стартапот, односно првата година остава поголема слобода кај претприемачите. “Првата година е да се види кај сме, што сме, што се вели. Потоа мора да се настапи посериозно.“ Петар Ниновски е претприемачот што ја доби поддршката од Клубот на бизнис ангели, а чија што онлајн платформа за едукација нуди обуки и курсеви за стекнување практични вештини во маркетинг, дизајн, бизнис, итн., и минатата година има организирани преку 150 вакви настани со над 1.500 посетители. Засега Brainster е присутен во Скопје и Струмица, а Ниновски

ПЕЦЕ АНГЕЛКОВСКИ Клуб на бизнис ангели при CEED

има амбиции да се прошири и во една од скандинавските земји, за што всушност и му беше потребна финансиска поддршка од инвеститор. “Кога им пристапив на инвеститорите имав демо верзија на продуктот и т.н. proof – of-concept дека вакво нешто може да успее и да се прошири надвор од Македонија. Кај нас процедурата на инвестирање траеше околу 4-5 месеци, но ако споредиме со Силиконската долина или било каде во светот, тоа е отприлика временската рамка. Ние можеби бевме првата инвестиција од бизнис ангели во земјава и заедно учевме како правно сето тоа да го затвориме. Се разбира, прво беше ‘пичувањето’ (од анг. pitching, самата презентација на проектот пред инвеститорите, н.з.), па со секој инвеститор посебно разговори...“, објасни Ниновски. nnn



Капитал број 906 10.03.2017

24

www.kapital.mk

АНАЛИЗА

МАЛИ, А УСПЕШНИ

СТРАТЕГИИТЕ ЗА ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ НА МАЛИТЕ ЗЕМЈИ

НОРДИСКИ МОДЕЛ: MОЖНА Е КОМБИНАЦИЈА ОД ВИСОКA СОЦИЈАЛ


www.kapital.mk

Капитал број 906 10.03.2017

25 пишува:

Д

Биљана Здравковска Стојчевска biljana.zdravkovska@kapital.mk

Денес кога светот се наоѓа пред големи предизвици кога станува збор за процесите на глобализација, кога големите и развиени држави се се погласни во најавите за затворање и заштита на националните економии, малите држави, како Македонија, се соочени со еден куп дилеми која е вистинската стратегија која може да доведе до поголем развој. Малите држави по дефиниција се ограничени заради големината на својот пазар и неможноста да ги користат ефектите од економија во обем. Но, процесот на глобализација и слободната трговија во изминатите неколку децении отвори простор за малите држави да го надминат своето најголемо ограничување - малиот пазар, и да постигнат одлични економски резултати токму преку извоз. Ако се погледне листата на најбогати земји во светот, дури осум од десетте најбогати земји се мали земји. На пример, Катар, Луксембург и Сингапур иако се меѓу најмалите земји во светот, тие се на врвот на листата на најбогати држави според Бруто домашниот производ по глава на жител. Ако се разгледаат нивните политики и стратегии кои ги спроведувале може да се заклучи дека најголем дел од нив имаа силни, ефикасни и транспарентни институции, либерализирани и отворени економии, развиена инфраструктура, квалитетни образовни системи и владеење на правото. На малите земји повеќе од било што им е потребна отворена меѓународна трговија за да напредуваат, но пред се им е потребен мир и стабилност и правен систем за да можат воопшто да бидат способни да тргуваат. Има многу лекции кои можат да се научат од малите земји за тоа како се гради успешна економија и квалитетно општество. На пример, Нов Зеланд своевремено спроведе сет од реформи за економска либерализација, познати како Роџерномикс, кои ги почна министерот за финансии Роџер Даглас во 1984 година од левичарската Работничка партија. Во 1990 година Нов Зеланд беше пионер кој го воведе пристапот за таргетирање на инфлацијата, како дел од пошироката стратегија, според која меѓудругото на секој државен службеник му беа поставени

Ако се погледне листата на најбогати земји во светот, дури осум од десетте најбогати земји се мали земји. На пример, Катар, Луксембург и Сингапур иако се меѓу најмалите земји во светот, тие се на врвот на листата на најбогати држави според Бруто домашниот производ по глава на жител. Ако се разгледаат нивните политики и стратегии кои ги спроведувале може да се заклучи дека најголем дел од нив имаа силни, ефикасни и транспарентни институции, либерализирани и отворени економии, развиена инфраструктура, квалитетни образовни системи и владеење на правото. Кои се лекциите кои можат да се научат од малите и успешни економии? неколкугодишни цели и таргети кои мораше да се исполнат. Естонија беше пионер во поедноставување на даночниот систем преку воведување на концептот на рамен данок во 1994 година, кој подоцна го следеа уште многу други мали земји во Централна и Источна Европа и во целиот свет. Швајцарија во 2001 година во уставот стави т.н кочници за задолжување, според кои буџетот мора да биде структурно избалансиран. Овој пример подоцна во 2009 година го следеше и Германија, а подоцна и многу други земји во еврозоната. Ирска беше првата земја која јавни го призна значењето на странските директни инвестиции и почна да ги поттикнува преку воведување на ниска стапка на корпоративен данок. Нордискиот модел кои го применуваат малите земји од северот на Европа покажа дека е можно да се комбинира високо ниво на социјална заштита и пазарна економија, фискална одговорност и слободна трговија. Норвешка една од најразвиените економии, но тоа не е само заради големите приходи од извозот на нафта и гас, туку заради тоа што Норвешка има паметна стратегија овие приходи да ги сочува во богати фондови. Во 1990 година Холандија одлучи дека високите даноци, регулациите на пазарот на труд и социјалната заштита ја држат невработеноста на вештачки ниско ниво. Експериментирање со реформи со кои го направи пазарот на работна сила пофлексибилен, овозможи парт-тајм вработување и слични потези. Резултатот беше што Холандија стана најголем креатор на нови работни места во Европа, а излезе дека работниците доброволно одбираат да работат помалку часови, бидејќи тоа повеќе им одговара на нивниот животен стил. “Холандскиот модел” подоцна беше инспирација и за успешните реформи на пазарот на работна сила подоцна во Германија.

Сингапур успеа да стане вистинско економско чудо благодарение на уникатната развојна стратегија, а Кореа која во 1957 година беше на исто развојно ниво со Гана, денес е една од најнапредните економии благодарение на високата индустријализација и посветеност на квалитетно образование. Не постои еден единствен модел или стратегија која дава еднакви резултати во секоја земја. Вистината е дека секоја држава треба да постави соодветни стратегии прилагодени кон својот менталитет, ресурсите кои ги поседува, компаративните предности и визијата каде и како сака да се развива.

Како тоа го прават другите?

Во продолжение се неколку примери на земји, меѓу кои Швајцарија, Норвешка, Финска и Сингапур, кои иако се релативно мали и со ограничени ресурси, успеале во изминативе неколку децении да постигнат завидни економски и социјални перформанси Швајцарија неодамна беше прогласена за најдобра земја за живеење о целиот свет. Таа е мала земја со површина од 41.288 километри квадратни и осум милиони жители. Ја сочинуваат три нации, Германци, Французи и Италијани, но и голем број на странци од друга националност. Природните услови на Швајцарија за земјоделие и производство на храна не се многу погодни, а земјата е сиромашна кога се прашање нафта или некои други суровини. И покрај тоа, во последните неколку години според критериумите на Светскиот економски форум, Швајцарија се наоѓа на врвот на листата на најконкурентни земји. На Виенскиот конгрес во 1814 година е прогласена вечна неутралност на Швајцарија и земјата со повеќе или помалку успех таа неутралност и независност успева да ја задржи до ден денес. Во втората половина на 19 век доаѓа до силен развој на индустријата. Посебно интензивно се развиваат индустријата за

ЛНА ЗАШТИТА, ФИСКАЛНА ОДГОВОРНОСТ И СЛОБОДНА ТРГОВИЈА


СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

ИНОВАТИВНИ ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ

17 МАРТ

2017

Политичката криза во земјава и економската нестабилност што таа ја предизвикува, не поколеба добар дел од компаниите да продолжат со иновативноста во своите процеси, производи и услуги. Дотолку повеќе, токму во време на неизвесност и тешкотии организациите ги прегрупираат своите редови и воведуваат нови начини за рационализација на трошоците, поголема ефективност и ефикасност, односно квалитативни промени во начинот на производство и управување. Во специјалниот прилог ќе анализираме какви иновативни решенија воведоа домашните компании од различни сектори изминатава година. Еве што ќе може да прочитате во “Иновативни производи и услуги“ што ќе излезе на 17 март годинава.

l КОЛКУ СЕ ИНОВАТИВНИ МАКЕДОНСКИТЕ КОМПАНИИ: ЕУ ЈА СМЕТА ДРЖАВАВА ЗА “СКРОМЕН ИНОВАТОР“, НО КАЈ БИЗНИСИТЕ СЕ БЕЛЕЖИ ИЗВЕСЕН НАПРЕДОК l ИНОВАТИВНОСТ ВО ПРАКСА: ЗАПОЗНАЈТЕ ГИ ИНОВАТИВНИТЕ ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ ВОВЕДЕНИ ИЗМИНАТАВА ГОДИНА ВО НАЈУСПЕШНИТЕ ДОМАШНИ КОМПАНИИ l КАКО ДО ПАРИ ЗА ИНОВАТИВНИ ПРОЕКТИ: НАЈПОВОЛНИТЕ БАНКАРСКИ КРЕДИТНИ ЛИНИИ, НО И ОСТАНАТИТЕ ИЗВОРИ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ l ДОМАШНА СТАРТАП СЦЕНА: ПРЕТСТАВУВАМЕ ИНОВАТИВНИ ПРОДУКТИ ЧИЈА ЦЕЛ Е СВЕТСКИОТ ПАЗАР l ДЕСЕТ ИНОВАЦИИ ШТО ЌЕ ЈА СМЕНАТ КОМПЛЕТНО ИДНИНАТА НА ГЛОБАЛНАТА ЕКОНОМИЈА

Повеќе информации во врска со прилогот и за претставување во истиот можете да добиете на е-мail: marketing@kapital.com.mk l gordana.mihajlovska@kapital.mk или на телефонскиот број ++ 389 2 3298 505

ЛИЦE ЗА КОНТАКТ:

ГОРДАНА МИХАЈЛОВСКА


DISCOVERY SPORT

АВАНТУРАТА Е ВО НАШИТЕ ГЕНИ.

Новите напредни Ingenium мотори на Land Rover без напор ќе ве понесат во секаква авантура. Внатрешноста, со паметни 5+2 седишта, нуди голем простор за патниците истражувачи. Дополнително, во 1698 литарскиот багажен простор вие можете да сместите уште повеќе предмети. Неверојатниот Discovery Sport многумина го сметаат за еден од најсестраните компактни SUV возила, како на асфалтните патишта, така и надвор од нив. Посетете нè и дознајте повеќе: AUTOMOBILI GROUP ул. Скупи бр. 8, Скопје тел.: 02 30 93 024 macedonia.landrover.com

Емисија на CO2: 123 – 191 g/km. Комбинирана потрошувачка на гориво: 4,7 – 8,2 l/100 km.


www.kapital.mk

Капитал број 906 10.03.2017

28

АНАЛИЗА

Норвешка во споредба со сите други развиени земји има најголем број или преку 30 компании во кои државата има 100% или мнозинска сопственост, а целосен сопственик е во трите фирми кои се занимаваат со производство на нафта и природен гас. часовници, машинската, фармацевтската, електротехничката, хемиската, прехранбената, црната и обоената металургија, текстилната и дрвната индустрија, тутунската, индустријата за научни инструменти, градежни материјали, медицинска опрема и друго. Врз основа на домашниот јаглен и солидното водно богатство, Швајцарија имаше интензивен развој во областа на енергетиката. Со оглед дека Швајцарија е сиромашна со руди и дека е мала земја, нејзината индустрија секогаш била високо увозно зависна, но во истовреме и високо извозно ориентирана земја. Благодарение на “вечната” неутралност и растечката доверба на штедачите од целиот свет во швајцарските банки, банкарскиот сектор исто така бележи динамичен развој. Швајцарија од 1960 година е член на ЕФТА, и благодарение на слободната трговија помеѓу тогашните членки бележи зголемување на извозот, а во 1972 година земјата склучува специјален договор со Европската економска заедница, кој важи и ден денес и кој и донесе на земјата развој на добри економски и финансиски односи со сите земји членки на ЕУ. Благодарение на нејзината неутралност, Швајцарија е седиште на многу меѓународни институции, што придонесува за вработеност на жителите и раст на нивните доходи. Благодарение на природните убавини и високиот квалитет на услугите, приходите од туризмот низ годините бележат голем раст. Иако природните услови не се поволни, бидејќи 25,6% од земјата е непродуктивна, благодарение на агротехнички и агрохемиски мерки и високата продуктивност, производството на земјоделски производи е прилично зголемено, а посебно се развиени

сточарството и производството на вино. И в о го д и н е ш н и о т И з в е ш т а ј з а конкурентност на Светскиот економски форум, Швајцарија е на врвот како најконкурентна земја во светот, веќе осма година по ред. Кога се анализираат конкретните фактори за конкурентност, Швајцарија го зазема првото место во 10 од вкупно 11 столбови кои се значајни за конкурентноста на една земја. Швајцарија е лидер и според квалитетот на инфраструктурата, квалитетот на снабденост со електрична енергија, квалитетот на образовниот систем, степенот и квалитетот на обука на вработените лица, соработката помеѓу вработените и раководните лица, капацитетот на земјата да привлече и задржи таленти, расположливост на финансиски средства, расположливост на интернет опрема, софистицираност на процесот на производство, капацитетот за иновации, квалитетот на научноиструвачките институции и трошоците на компаниите за научноистражувачка работа. Швајцарија поседува еден од најефикасните иновативни екосистеми, а добрата соработка помеѓу науката и бизнисот резултира со многу иновативни производи кои имаат и комерцијална употреба.

Не е се во нафтата

По кр а ј Шв а јц а р и ј а, имп р е си в н и економски достигнувања има и Норвешка. Нејзината површина изнесува 324.219 километри квадратни, но само 2,6% е обработлива, а има 5,1 милион жители. Норвешка е богата со природни ресурси, а посебно со нафта, хидроенергија, руди и шуми. Развиени се нафтената индустрија, бродоградба, хемиската и електроиндустријата, производството

на алуминиум, железна руда, челик, феролегури, цинк, олово, природен гас. Развиени се и електрохемиската индустрија, машиноградба, производството на транспортни средства, електроиндустријата, прехранбената индустрија, индустријата за прецизни инструменти, оптички производи, стакло, керамика, цемент, текстил, кожа, обувки, графичката индустрија и други. Можеби најзаслужен фактор за економскиот развој на Норвешка е откривањето она нафтата и гасот во 70-те години на минатиот век. Од почетокот на производството на нафта и гас, па до денес, економската, финансиската и девизна состојба на Норвешка значително е подобрена, доходот по глава на жител е зголемен, а денес таа е трет најголем извозник на природен гас и седми најголем извозник на нафта. Еден интересен податок е дека Норвешка во споредба со сите други развиени земји има најголем број или преку 30 компании во кои државата има 100% или мнозинска сопственост, а целосен сопственик е во трите фирми кои се занимаваат со производство на нафта и природен гас. Благодарение на тоа, државата заштедува огромни приходи кои се остваруваат од извозот на нафта и гас, а одреден процент кој се движи околу 4% и ги насочува во пензиски фондови. Од тој фонд е формирана и компанија од областа на телекомуникациите Теленор која успешно работи. Во Норвешка никогаш не била прифатена идеологијата на неолиберализмот. Нејзините жители на референдум во 1994 година се изјасниле против влез во Европската унија. Во прифатениот оригинален социјалдемократски систем, здравствениот систем е на мног у високо ниво. Здравствените работници

WEF: ШВАЈЦАРИЈА Е НАЈКОНКУРЕНТНА ЕКОНОМ


www.kapital.mk

Капитал број 906 10.03.2017

29 заработуваат во просек за 60% повеќе отколку тие во САД. Финансиската помош за невработените и болните е многу висока, а новите мајки добиваат платено отсуство од дури 480 дена. Даноците на доход се многу високи, што е една од најголемите критики на Норвешка од страна на неолибералите, но парите добиено од даноците се користат крајно рационално и паметно, а социјалните бенефиции за населението се незамисливо високи во споредба со други успешни земји со прифатени неолиберални принципи. Но, и покрај високите приходи о д и з в оз н а н а ф та и га с , Нор в ешка мн о г у силн о ј а форсира високософистицираната индустрија, производство со висока додадена вредност и услуги кои носат профит. Лесно е да се каже дека лесно и е на Норвешка да има добри економски резултати и висок економски развој кога има приходи од извоз на нафта и гас. Но, има и други држави кои имаат нафта и гас, а кои немаат ни оддалеку економски, финансиски и социјални резултати како Норвешка. Она што треба да се истакне е дека секој десетти вработен во Норвешка работи во секторот нафта и гас, а според квалитетот на структурата на извозот Норвешка го зазема 18 место во светот, што покажува дека Норвешка е конкурентна и во извозот на многу други производи, освен нафта и гас. Развој базиран на квалитетно образование Квалитетот на образованието е многу битен фактор за економскиот развој на една земја, посебно кога станува збор за малите земји кои не се богати со природни ресурси. Финска е пример за тоа. Финска е мала земја со површина од 338.145 километри квадратни и 5,5 милиони жители. Според Светскиот економски форум Финска е 10 најконкурентна земја во светот, а главните столбови за тоа се лоцирани во првокласните, ефикасни и транспарентни институции и нејзиното висококвалитетно образование. Финска е исто така лидер кога станува збор за иновациите и високата соработка помеѓу индустријата и универзитетите. Финска, која денес се наоѓа во врвот на многу ранг листи на земји според конкурентноста, економските и социјалните резултати, до средината на 19 век била неразвиена земја во која земјоделието била најважна

МИЈА

гранка. Во периодот на индустријализација Финска имала висока царинска и нецаринска заштита на индустријата. Уште во 30-те години на минатиот век Финска донела жестока заштита кога станува збор за висината на учеството на странскиот капитал во компаниите кое било до максимални 20%, а во 1987 година тој процент бил подигнат до 40%. Во меѓувреме многу индустрии во Финска доживуваат динамичен развој, а земјата и покрај неповолните услови денес има

добро развиено земјоделие, посебно во областа на сточарството и одгледувањето на житарици. Во 1995 година Финска стана член во ЕУ, а на почетокот на 90-те години на минатиот век, односно пред членството во ЕУ, Финска изврши значајна либерализација на економијата, увозот и странските инвестиции.

Оригинален азиски тигар

Економската историја на Сингапур или т.н. азиски тигар е фасцинантна. Оваа мала земја со територија од само 716 километри


www.kapital.mk

Капитал број 906 10.03.2017

30

АНАЛИЗА

квадратни, која својата независност од Британскиот комонвелт ја добива дури во 1976 година, денеска е меѓу најбогатите и најразвиени земји, со импресивни економски и финансиски постигнувања. Во моментот на независност Сингапур бил многу сиромашна земја без суровини, па дури и без доволно вода за пиење, со доход по лава на жител од под 500 долари. На чело на Сингапур во 1959 година застанува правникот со диплома од Кембриџ, Ли Куан Ју кој без сомнение бил голем визионер и е најзаслужен за економскиот развој. Тој сметал дека недостатокот на ресурси мора да се надомест со интелект, дисциплина и креативност и на почеток ги повикал своите сограѓани да ја направат државата чиста, а потоа да ја надминат историската нетрпеливост кон соседите и меѓусебните етнички несогласувања и на сите да им ги покажат предностите на работата и трудот. “Општествениот мир, личната безбедност и развојот на државата не доаѓаат сами по себе, туку се резултат на постојани напори и работа од страна на чесна и ефикасна власт избрана од народот”, напишал Куан Ју во својата книга. БДП на Сингапур од 1965 година е реално

Идеологот на Сингапур, Ли Куан Ју сметал дека недостатокот на ресурси мора да се надомести со интелект, дисциплина и креативност, а за почеток ги повикал своите сограѓани да ја направат државата чиста, а потоа да ја надминат историската нетрпеливост кон соседите и меѓусебните етнички несогласувања.

зголемен за над 40 пати, а националната стапка на штедење надминува 40% од БДП. Свесни дека немаат што подобро да понудат од соседите, Сингапур посветува големо внимание на квалитетот на човечкиот капитал. Англискиот е прв службен јазик, а државата е максимално посветена на квалитетното образование на целото образование. Со сите политики се форсира извозната ориентирана

НИЕ СМЕ ВРСКАТА СО СИТЕ ДЕЛОВНИ ПОДАТОЦИ КОИ ВИ СЕ ПОТРЕБНИ

#1

ЗА БИЗНИС ИНФОРМАЦИИ

ЗА ПАМЕТНИ ДЕЛОВНИ ОДЛУКИ!

02 / 3117 100 info@targetgroup.mk www.targetgroup.mk

индустријализација, привлекување на странски инвестиции и развој на инфраструктурата. Според Светскиот економски форум, Сингапур е втора најконкурентна економија во светот и е лидер според квалитетот на високото образование, ефикасноста на пазарите, транспарентност и ефикасност на институциите и квалитетот на инфраструктурата. nnn


РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ: 17 МАРТ 2017

ЕДНОДНЕВНА ОБУКА НА ТЕМА:

ГОТОВИНСКО БЛАГАЈНИЧКО РАБОТЕЊЕ, ПРАКТИЧНИ ПРИМЕРИ ЗА БЛАГАЈНА НА МАТЕРИЈАЛНИ И ПАТНИ ТРОШОЦИ СОГЛАСНО ЗАКОНСКАТА И ДАНОЧНАТА РЕГУЛАТИВА l 21 март 2017 година l 10:00-16:00 часот Институт КОНЦЕПТ, Скопје

Целта на обуката е стекнување на теоретски и практични знаења за правилната примена на законската и даночната регулатива која го уредува готовинското денарско и девизно благајничко работење и евиденција - уплата на дневниот промет (малопродажба). Со синергија на законската регулатива која го уредува благајничкото работење, даночната регулатива и пренесувањето на искуството од практицирање на дадената проблематика во изминатите 20 години на сите учесници ќе им се овозможи правилно да се едуцираат и да ги применуваат законските одредби од оваа област, а ризикот од изречување глоби при инспекциски надзори и трпење прекршочни санкции ќе го сведат на минимум. На обуката низ практични примери ќе биде објаснета

методологијата за пресметка и исплата на дневници за службени патувања во земјата и странство и управување со која законски оформена документација се врши исплата/ уплата на готовински пари, сметки за материјални трошоци како и значењето на одлуката за благајнички максимум.

ПРЕДАВАЧИ:

М-Р СИМОНИДА ГЕОРГИЕВСКА, КАУНТ ДООЕЛ - Скопје, со долгогодишно работно искуство во областа на даночниот менаџмент, деловното планирање и хармонизација на финансиското известување во Р.М. М-Р БИЛЈАНА ПАТЛИЏАНКОВСКА, КАУНТ ДООЕЛ Скопје, со долгогодишно работно искуство во областа на административното и благајничкото работење. За повеќе информации посетете ја нашата веб страна: www.koncept.com.mk

КОНТАКТ: м-р Ленче Зикова и м-р Ирена Богоевска l e-mail: institut@koncept.com.mk l 02 3128 526 l 070 272 207


www.kapital.mk

Капитал број 906 10.03.2017

32

ПОЛИТИКА

ПОЛИТИЧКАТА КРИЗА ВО СÈ ПОТЕНЗИЧН

ШТО АКО НЕ „НАДВЛ Додека Могерини се надева оти „мудроста ќе надвладее“, при што како инструмент на решението ја спомена „мудроста на претседателот Иванов“, аналитичарите стравуваат дека може да прерасне во нешто поопасно итрината со која лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, успеа ситуацијата што беше фокусирана на начинот на кој владееше, а на која се изгради резултатот на опозицијата на изборите, да ја сврти на кампања за спасување на Македонија од наводна федерализација

пишува:

Максим Ристески

П

maksim.risteski@kapital.mk

Пробиен рокот за распишување на локалните избори со ризик од парализирање на општинските власти; несвикување на

МОГЕРИНИ: ПОЛИТИЧАРИТЕ ДА НЕ СИ ИГРААТ СО


www.kapital.mk

Капитал број 906 10.03.2017

33

НО СТАТУС КВО

ЛАДЕЕ МУДРОСТА“? Собранието да ја заврши конститутивната седница и да избере свој претседател и нова влада, иако новото парламентарно мнозинство е обезбедено; во меѓувреме подгревање на меѓуетничките тензии што во вторникот резултираа и со молотови коктели врз Музејот на албанската азбука во Битола ... Ова е контекстот што сам по себе претставува и безбедносен ризик, а да не зборуваме колку е примамлив за одредени надворешни сили, фактори, кои гледаат дека во моментов не им треба ништо повеќе од чкорче, ако таквиот развој на настаните работи за нивните интереси.

Додека партиите се обвинуваат дека поради нивната „патолошка желба за власт“, односно, „стравот од губење на власта и од соочување со одговорност за несовесното владеење“, прават ризични потези за државата, меѓународниот фактор (под што се подразбира западниот, зашто и официјално сè уште натаму стремиме) е едногласен што треба да се направи за да се избегнат опасните сценарија. „Она со што се соочува Скопје е политичка и институционална криза, која сум загрижена да не се претвори во меѓуетничка криза“, изјави високата претставничка на Европската унија за надворешна и

безбедносна политика, Федерика Могерини, по дискусијата на Советот за надворешни работи на ЕУ за Република Македонија, а откако беше и оствари увид во овдешната ситуација. Таа говореше во име на ЕУ, но и во име на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, и рече дека има поддршка од шефовите на дипломатиите на ЕУ-членките за пораките што ги искажа во Скопје. Се очекува засилен притисок во контекстот на овие пораки во четврток (текстов е затворен пред тоа), откако Могерини ќе се сретне и со премиерите на членките на Унијата. Нејзините пораки до македонските

О ОГАН И МЕЃУЕТНИЧКА КОНФРОНТАЦИЈА


www.kapital.mk

Капитал број 906 10.03.2017

34

ПОЛИТИКА

С

ите во регионот ловат евтини политички поени на нашата политичка состојба, а во функција на изборните процеси во соседството. МАКСИМ во ДИМИТРИЕВСКИ Секогаш вакви состојби СДСМ се користат екстремистичките елементи за заплашување и сеење страв и свесна дестабилизација.

Н ФАТОН ФАЗЛИУ БЕСА

ашите заложби се да се стабилизира државата, да нема ексцеси што можат да ја извадат ситуацијата од контрола. Иванов го прекршува Уставот со недавањето на мандатот на Заев, но се надеваме дека сите препораки од странските и домашните фактори ќе се земат предвид и ќе се најде решение и ќе се нормализира ситуацијата.

Л ВЛАДИМИР ПИВОВАРОВ професор

идерите на политичките партии упатуваат пораки со наводно смирувачки тонови, но со хушкачки карактер. Не е случајно она што го имаме на улиците – психологија на толпа, каде едно лице ако почне да прави инциденти толпата го следи. Ако продолжи во ова статус кво, ситуацијата ќе биде неодржлива.

Во услови на протести „За заедничка Македонија“, и на истекот на рокот за распишување на локалните избори немаше иницијатива за свикување на Собранието

политичари по Советот за надворешни работи на ЕУ, беа сосем јасни: „Да не си играат со оган и меѓуетничка конфронтација, што ќе ја повлече земјата. Има инструменти за решение, како што е мудрост на претседателот, капацитетот на Парламентот да продолжи со избор на спикер и деблокирање на состојбата, за институционалната и политичка криза да се менаџира со инструментите што ги има Скопје, без мешање“. Додека Могерини се надева дека „мудроста ќе надвладее“, при што како инструмент на решението ја спомена „мудроста на претседателот Иванов“, аналитичарите стравуваат оти може да прерасне во нешто поопасно итрината со која лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, успеа

ситуацијата што беше фокусирана на начинот на кој владееше, а на која се изгради резултатот на опозицијата на изборите, да ја сврти на кампања за спасување на Македонија од наводна федерализација. Аналитичарите притоа потенцираат дека ако Груевски успееше да се договори со ДУИ за Специјалното јавно обвинителство, платформата на албанските партии, со истото, ако не и поголемо ниво на прифатеност од она на СДСМ, тој релативно лесно ќе ја „продадеше“ на јавноста со тезата дека Зоран Заев го кренал прагот на албанските очекувања, но оти ВМРОДПМНЕ извлекла максимум со нечепкањето на Уставот. Во меѓувреме партиите се во фаза на

чекање – активна е само ВМРО-ДПМНЕ со честите соопштенија во кои се повторува дека „предвремени парламентарни избори кои би се одржале заедно со локалните се најдоброто решение за излез од актуелната состојба“.

„Нема предавство – има страв од промените“

Во СДСМ и натаму очекуваат претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов, да ја преиспита и повлече одлуката за недавање на мандатот на Заев, зашто, како што вели членот на Извршниот одбор на партијата, Максим Димитриевски, „јасно е дека оваа негова одлука дополнително ја продлабочува поделбата во општеството“. „Секако дека новото парламентарно мнозинство има институционални можности

ХОЈТ ЈИ: НА МНОЗИНСТВОТО ПОБРЗО ДА МУ СЕ ОВОЗМОЖИ ДА ФОРМИРА ВЛАДА


ГИ ГРАДИМЕ ВАШИТЕ СОНИШТА РАПИД БИЛД е градежна компанија која изведува објекти од секаков вид и тоа: станбени, деловни, индустриски објекти, магистрални гасоводи комплет со блок станици и главно мерно регулациони станици, атмосферски и фекални канализациони системи, патна инфраструктура со придружни објекти (подпатници, надпатници, пропусти, клучки), реконструкции, доградби итн. Главната одлика на компанијата е брза, квалитетна и современа изведба, која се должи на користење на најсовремена опрема и материјали за градба, имплементирање на светските стандарди за квалитет и менаџмент, како и поседување на тим составен од високо-професионален и стручен кадар. Во реализација на работите во областите на својата дејност секогаш ја запазува техничката регулатива, ги запазува етичките и стручни стандарди на оваа професија, а со своето работење го застапува интересот на својот инвеститор во рамки на законските прописи, интересот на општеството и угледот и репутацијата на професијата и професионалноста.

www.rapidbild.com.mk


www.kapital.mk

Капитал број 906 10.03.2017

36

ПОЛИТИКА Подгревањето на меѓуетничките тензии во вторникот резултираше со молотови коктели врз Музејот на албанската азбука во Битола Високата претставничка потенцираше дека пораките што ги испраќа се усогласени на ниво на ЕУ и на НАТО

w да дејствува; можеме да ја продолжиме конститутивната седница на Собранието, да извршиме избор и конечно да отпочнеме со реализацијата на изборните програми што треба да ја подобрат животната состојба на граѓаните, но претходно и да направиме меѓукоалициски договор. За жал, евидентна е желбата за конфликт од страна на досегашната власт, која сакајќи да ги затскрие криминалите се крие зад дел од членството и поддржувачите. Сето ова е проследено со масовна медиумска пропаганда“, вели Димитриевски. Зад дестабилизацијата на ситуација во Македонија тој вели дека не стои никакво предавство на националните и државите интереси, туку степенот до кој се спремни да одат за да избегаат од промените оние кои се плашат од нив. Димитриевски смета дека ситуацијата дополнително ја компликува тоа што државите, особено од соседството, делуваат како деструктивен фактор во македонската ситуација. „Сите без исклучок ловат евтини политички поени на нашата политичка состојба, а во функција на изборните процеси во соседството. Секогаш во вакви состојби се користат екстремистичките елементи за заплашување и сеење страв и свесна дестабилизација“, вели Димитриевски. (Се обидовме на овие теми да добиеме поконкретен став и од ВМРО-ДПМНЕ, но оттаму нè упатуваа на партиските соопштенија) На прашањето, треба ли да стравуваме од поголеми тензии, од БЕСА одговорија дека се надеваат оти препораките на меѓународниот и на домашниот фактор ќе бидат слушнати за ситуацијата да се нормализира. „Нашите заложби се да се стабилизира државата, да нема ексцеси што можат да ја извадат ситуацијата од контрола. БЕСА ги даде потписите на своите пратеници за опозицискиот лидер Зоран Заев да добие мандат за да почне да се консултира за формирање влада. За сè да оди институцио-

нално, односно, институции да почнат да работат и државата да добие на стабилност. Иванов го прекршува Уставот со недавањето на мандатот на Заев, но се надеваме дека сите препораки од странските и домашните фактори ќе се земат предвид и ќе се најде решение и ќе се нормализира ситуацијата“, изјави портпаролот на БЕСА, Фатон Фазлиу. Професорот Владимир Пивоваров смета дека поединечните инциденти, во ситуација кога на улиците има маса луѓе, претставуваат конкретен ризик. „Лидерите на политичките партии упатуваат пораки со наводно смирувачки тонови, но со хушкачки карактер. Не е случајно она што го имаме на улиците – психологија на толпа, каде едно лице ако почне да прави инциденти толпата го следи. Ако продолжи ова статус кво, ситуацијата ќе биде неодржлива. Ова е експанзија, проблемот се зголемува, прашање е кога ќе експлодира“, вели Пивоваров. Според него дезинформација со цел ширење страв од страна на центрите што ја пласираат, е дека во Македонија влегле

терористи од Косово и од Албанија. „Ова е само една јамка за што посилно да се оттргнува вниманието на јавноста од суштинските проблеми во општеството. Затоа вакви информации за наводно влегување вооружени групи треба да се очекуваат и понатаму. Тоа е испробан модел, со користење на пропагандната машинерија, која дејствува врз база на тоа кој која телевизија ја гледа“, вели професорот. Тој смета дека единствен начин да му се врати конструктивноста на процесот е претседателот Ѓорѓе Иванов да се врати на почитување на Уставот и на законите. „Иванов донесе аболиција со цел да ја онеспособи работата на СЈО; потоа му го врачи мандатот на Груевски иако тој немаше обезбедено мнозинство како што бара Уставот, а на Заев не му го дава мандатот, иако тој однесе доказ дека го има исполнето уставниот услов. На Заев му постави дополнителни критериуми – зачувувањето на унитарноста на државата, а само тој ја знае дефиницијата за тоа“, вели Пивоваров. nnn

ИВАНОВ: ОТФРЛАЊЕТО НА ПЛАТФОРМАТА Е ЕДИНСТВЕН ИЗЛЕЗ


They say diamonds are forever… and so is an MBA!

Enjoy the most Valuable classroom experience – real life Harvard Business School case studies, business simulations and participant centered learning that enhance your strategic decisionmaking skills and critical thinking

a Rare opportunity to learn alongside esteemed professionals in order to build an extensive and exclusive network of useful contacts which could lead to new business opportunities The most Desirable and sought after degree in the world by employers, entrepreneurs and future leaders

World-class curriculum that applies a global outlook on current issues, taught by international faculty from top –tier schools with a rich portfolio of expertise

A brilliant cut to fit your demanding work schedule and maintain your work – life balance, giving you more flexibility to acquire the skills and experiences to fulfil your career objectives

Access to the Highest Quality internationally accredited degree by the Accreditation Council for Business Schools and Programs (USA) created as a combination of European and American educational standards

So don't lose a diamond, while chasing glitter! Enroll at the UACS MBA program! За повеќе информации: Бул. Трета македонска бригада бр. 60, 1000 Скопје Телефон: + 389 (0) 2 2463 156; 2463 159 Е-пошта: graduate@uacs.edu.mk

www.uacs.edu.mk

UACS SKOPJE

UACSKOPJE

YOUTUBE.COM/USER/UACSKOPJE

UACSKOPJE


www.kapital.mk

Капитал број 904 24.02.2017

38

ИНТЕРВЈУ

ПРОФ. ЛУКА ГНАН ШЕФ НА КАТЕДРАТА ПО ДЕЛОВНА ЕКОНОМИЈА

НА УНИВЕРЗИТЕТОТ „ТОР ВЕРГАТА“ ВО РИМ

НАСКОРО ЌЕ ПОНУДИМЕ ДВОЈНА ДИПЛОМА ЗАЕДНО СО УНИВЕРЗИТЕТОТ АМЕРИКАН КОЛЕЏ - СКОПЈЕ Универзитетот Американ Колеџ – Скопје се труди своите студенти да ги научи да размислуваат критички и да го применат наученото во пракса, што е заедничка негова особина и на Универзитетот „Тор Вергата“ во Рим од каде што јас доаѓам. Затоа треба да соработуваме - отворениот ум е првиот чекор кон зближувањето што ни е потребно. Знам дека соработката ќе раскаже една поинаква приказна. И се разбира, ќе бидам многу горд што УАКС и Тор Вергата ќе бидат првиот пример во Македонија каде што еден домашен и еден странски универзитет ќе понудат двојна диплома, за што официјалното потпишување на договорот ќе се случи многу наскоро! разговара:

Игор Петровски

igor.petrovski@kapital.mk

П

рофесор Лука Гнан, шеф на катедрата по деловна економија на Универзитетот “Тор Вергата“ в о Р и м и п о т п р е тсе д а те л на Европската академија за менаџмент, деновиве беше гостин на Универзитетот Американ Колеџ – Скопје, каде говореше на Генералното собрание на Деловниот совет на УАКС, а одржа и предавања за студентите. Тор Вергата и УАКС имаат соработка изминатиов период, која што треба наскоро да се круниса со потпишување договор за организирање заеднички студии

и стекнување двојна диплома. Тор Вергата е еден од помладите универзитети во Италија, но еден од најсовремените истражувачки академски институции во земјата, познат по ултра – модерната универзитетска клиника, италијанската Вселенска агенција, итн., додека Економскиот факултет е меѓу трите најдобри во Италија и 100-те најдобри во светот.

XПрофесоре, X што имаа прилика студентите на УАКС да слушнат од вас деновиве? Пред сè, во моето официјално обраќање пред аудиториумот на УАКС, го потенцирав значењето на нетворкингот помеѓу универзитетите и бизнис заедницата, со цел

стекнување нови компетенции за студентите, освен тоа што го учат како теорија. Истакнав дека преку истражување на одредена тема, студентите имаат можност да откријат ново знаење и вештини, кои што можат потоа да бидат применети во бизнис секторот. Затоа, компаниите треба да имаат можност да придонесат во процесот на креирање наставна програма на универзитетите во согласност со она што се бара на пазарот на работна сила.

XКако X се случи соработката помеѓу УАКС и Универзитетот Тор Вергата од каде што доаѓате? Многу е интересно всушност, јас и ректорот на УАКС, проф. Марјан Бојаџиев, се

ПРОМЕНА: НОВОТО ВРЕМЕ ОД МЕНАЏМЕНТОТ БАРА СÈ ПОГОЛЕМА ЕМПАТИЈА,


www.kapital.mk

Капитал број 906 10.03.2017

39 сретнавме на венчавката на наш заеднички пријател (професор од Италија кој што предава на УАКС). Јас во таа прилика не само што се запознав со ректорот, туку и со визијата на УАКС, и тогаш ми светна – па, овие луѓе ги имаат истите цели за својот универзитет, како и ние за нашиот, зошто да не соработуваме?! Принципите на УАКС се навистина импресивни: меѓународен тим на предавачи, студенти од разни земји исто така, како и меѓународно акредитирани наставни програми и учебници. Истовремено, УАКС се труди своите студенти да ги научи да размислуваат критички и да го применат наученото во пракса, што е заедничка негова особина и на Универзитетот „Тор Вергата“ во Рим. Затоа треба да соработуваме, затвореноста само може да нè заслепи и да нè направи послаби. Отворениот ум е првиот чекор кон зближувањето што ни е потребно. Секој универзитет во светот си има своја уникатност во поглед на мисијата, земјата од која што доаѓа и тамошната култура. Сето тоа е подеднакво важно и заслужува почит. Страста за запознавање нешто поинакво никогаш не треба да исчезне, а соработката е отворена врата кон иднината и можностите на нашите два универзитети да направиме нешто заедничко. Апстрактното знаење и теоријата треба да се прилагоди во овој динамичен свет. Знам дека соработката ќе раскаже една поинаква приказна. И се разбира, ќе бидам многу горд што УАКС и Тор Вергата ќе бидат првиот пример во Македонија каде што еден домашен и еден странски универзитет ќе понудат двојна диплома, за што официјалното потпишување на договорот ќе се случи многу наскоро!

XСо X оглед на тоа што ваши полиња на интерес и експертиза, меѓу другото, се и семејните бизниси, менаџментот и корпоративното управување, би ви поставил неколку прашања на овие теми. Во Македонија, голем е предизвикот за сопствениците/ менаџерите на семејните компании да го предадат управувањето на следната генерација; компаниите го надраснуваат капацитетот на основачот за менаџирање и лидерство, итн. Се соочуваат ли во Италија семејните бизниси со слични проблеми? Некои велат дека компанијата е како сопствено дете за основачот. Не само во Италија, туку насекаде во светот ова што го наведовте е предизвик за семејните бизниси. Ангажирањето на професионални менаџери во крајна инстанца е оставено на субјективното расудување на сопственикот; објективно, секако дека е потребно да се подобрат перформансите на семејната компанија и сите останати аспекти во насока на остварување на целите што ги зацртал основачот/сопственикот. Доколку не може тоа да го стори со својот капацитет или со останатите ангажирани од најблиското

семејство, логично е да побара помош од професионални менаџери.

XДали X професионализацијата, или попрецизно кажано, “менаџеризацијата“, според вас, е клучниот проблем, заеднички за семејните бизниси било каде во Европа и светот? Секако дека овој предизвик не смееме да го игнорираме. Првиот впечаток што го добиваме за еден семеен бизнис е како всушност е уредена компанијата од менаџерски аспект. Но, во професионализацијата и менаџеризацијата како да се направи добар баланс помеѓу тоа што се семејни односи и од другата страна, компаниските цели и интереси? Тоа е исто така тежок предизвик. Се појавуваат тензии кога членови на семејството управуваат, дали ќе надвладеат емоциите или рационалноста, тоа се ситуации чувствителни за менаџирање. XМакедонските X семејни компании не го прифатија концептот на иницијална понуда на акции како алтернативен начин за прибирање свеж капитал. Кои се според вас, причините за овој скептицизам? Каква е ситуацијата во Италија? Прво, поширок круг луѓе треба да го разбираат концептот на IPO (Initial Public Offering – Иницијална понуда на акции), не само финансиските елити, банкарите и сл. Потребни се едуцирани инвеститори, флексибилен секундарен финансиски пазар, и примарен пазар како фундамент. На пример, повеќето од италијанските мали и средни компании се потпираат на банките како основен извор на финансирање, а не на берзите како што е тоа случај во САД. Од друга страна пак, прифаќањето на алтернативните начини на прибирање свеж капитал зависи и од стратешките определби на секоја национална финансиска политика. XКако X последнава финансиска криза ја смени парадигмата за корпоративното лидерство на глобално ниво: кои се сега клучните

вредности за еден бизнис лидер сега? Ако прво беа hard skills, потоа soft skills, што е следната фаза во еволуцијата на менаџментот? Ако гледаме од поширока перспектива, односно од акционери па до сите останати засегнати страни во бизнисот на една компанија, корпоративната општествена одговорност пополека станува основна грижа насекаде. Генерално, акдемиците и практичарите сè повеќе и повеќе посветуваат внимание на одговорноста кон општеството, бизнис етиката, релациите со заедницата, итн. Во меѓувреме, се развива трендот на поголемо ангажирање на вработените во компаниските процеси, економиката на споделување ресурси, финансирање од голем број на мали извори – crowdfunding, како и некои нови механизми за изградба на идните бизнис еколошки системи. XОбјаснете X за нашите читатели што е EURAM? Кои се целите и мисијата на оваа организација? Европската академија за менаџмент – EURAM цели кон креирање на ангажирана академска заедница во Европа, меѓународно и крос – културолошки инволвирана. Дизајнирана е за поддршка во различните фази на академската кариера: нетворкинг во раната фаза на кариерата, истражувачките методологии и развојот на менаџерската едукација, дијалогот помеѓу академските професионалци, луѓето од праксата и креаторите на политиките. Поконкретно, стратешките постулати на ЕURAM се: нејзино издигање во средина каде што сака да припаѓа секој студент и професор по менаџмент, преку негување на вредностите како што се демократијата, инклузивноста, родовата еднаквост, итн., како и преку грижата за следните генерации на академски граѓани од областа на менаџментот; второ: зајакнување на влијанието на EURAM преку градење на репутација на современа, истражувачки и дебатно настроена организација, која што ќе предводи и инспирира стратешки иницијативи, програми и проекти во областа на менаџментот. nnn

, ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ И ОДРЖЛИВИ КОМПАНИСКИ ЕКО - СИСТЕМИ


www.kapital.mk

Капитал број 906 10.03.2017

40

ИСТРАЖУВАЊЕ

ПРОМОВИРАН НОВ ТРУД ВО КЛУБОТ НА ИСТРАЖУВАЧИ НА НАРОДНАТА БАНКА

ИСЛАМСКОТО БАНКАРСТВО И НЕГОВИТЕ ПЕРСПЕКТИВИ

T

рудот „Исламско банкарство и неговите перспективи“ беше промовиран во Клубот на истражувачи во народната банка минатата недела, а е објавен во реномирано меѓународно научно списание за академски истражувања од областа на бизнисот и општествените науки. Авторите на овој труд д-р Сашо Кожухаров, д-р Јана Илиева и д-р Наташа Ристовска, за прв пат, пред бројната стручна јавност, ги претставија спецификите на исламското право, како и тековните состојби и предизвици во иднина, особено во контекст на перспективите за развој на исламската финансиска индустрија на европскиот континент. Според авторите, исламското банкарство како значаен сегмент на глобалните финансии ја започнува својата експанзија по Втората светска војна, која кулминира во 70-те години на XX век, со отворање на низа исламски банки пред се, во исламските држави, за постепено да прерасне во најбрзо растечки модел на финансирање, со исклучително развиени центри не само во арапскиот свет, туку и во Европа и Азија. „Темелните принципи на овој вид на банкарство се изведени од основните принципи на Шеријатот и ставаат значителен акцент на етичката, моралната, социјалната и религиската димензија на трансакциите заради постигнување на поширок бенефит за општеството во целина. Во таа смисла, основата на исламското банкарство е забраната за давање или земање камата во било каков облик. Работата на исламските банки се заснова на поделба на профитот и на други дозволени облици; отворање на трансакциски и инвестициски депозити“, истакнаа авторите. Тие потенцираа дека трансакциските

Авторите на овој труд, д-р Сашо Кожухаров, д-р Јана Илиева и д-р Наташа Ристовска, за прв пат, пред бројната стручна јавност, ги претставија спецификите на исламското право, како и тековните состојби и предизвици во иднина, особено во контекст на перспективите за развој на исламската финансиска индустрија на европскиот континент.

депозити имаат фиксна номинална вредност, не се вкаматуваат, а банките можат да пресметуваат надомест за вршење на трансфер. Инвестициските депозити немаат фиксна номинална вредност и наликуваат на удели во трговско друштво. При отворање на инвестициски депозити со банката се договара удел во профитот на банката кој не може да се промени (освен со заемен договор) пред рокот на доспевање на депозитите. На страна на активата во билансите на банката се кредитите кои на банката и даваат удел во профитот на друштвото и останатите дозволени финансиски инструменти. Постојат и кредити кои на банката и даваат право да управува со претпријатието и кредити кои оневозможуваат такво право. Од преостанатите финансиски инструменти најважни се одложените плаќања и лизинг и кредити со нулта каматна стапка, но со одреден надомест. „Исламските финансиски активности покажаа значителен раст во текот на изминатите децении, а се предвидува дека трендот на раст ќе продолжи со

истото темпо во иднина. Овој специфичен банкарски сегмент е системски важен во многу земји од различни региони во светот. Во Иран сите банки работат според прописите на исламското банкарство, а во Пакистан сите банки, освен странските работат на овој принцип. Исламски банки постојат и во немуслимански земји како Велика Британија, Швајцарија“, потенцираа авторите на овој труд. Според анализите на Ernst & Young, исламските финансии покажуваат пораст од 17% на глобално ниво во изминативе неколку години, а се проценува дека до 2019 година, исламските финансии ќе имаат 1,8 трилиони во актива и тројно ќе го зголемат профитот. Сепак, и покрај брзорастечкиот тренд на исламското банкарство и на исламскиот финансиски систем, авторите на трудот заклучуваат дека исламскиот пазар на пари е се уште релативно неразвиен во однос на конвенционалниот и дека истиот е во доста неповолна положба поради законските регулативи кои се повеќе наклонети кон конвенционалното банкарство. nnn

ERNST & YOUNG: ИСЛАМСКИТЕ ФИНАНСИИ ПОКАЖУВААТ РАСТ ОД 17%



РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ: 15 МАРТ 2017

ЧЕТИРИДНЕВЕН МОДУЛ ЗА:

КВАНТИТАТИВНИ ФИНАНСИИ, АНАЛИЗИ И МЕНАЏМЕНТ МОДЕЛИ СО НАПРЕДЕН EXCEL l 17, 24, 31 март и 7 април 2017 год l 10:00-16:00 часот Институт КОНЦЕПТ, Скопје Тренингот се состои од предавања базирани на Excel spreadsheet, објаснувајќи напредни техники во Excel, со практични примери од бизнисот од анализа на процеси, производство, логистика, продажба, трошоци и финансии.

КЛУЧНИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ТРЕНИНГОТ: l фокусиран, интензивен тренинг во четири дена l напредни техники во Excel l создавање софтвери

Обука 1: “Напредни Ексел алатки и финансиско моделирање“ Обука 2: “Мерење на ризици и портфолио менаџмент“ Обука 3: “Оптимално моделирање и симулации 1“ Обука 4: “Оптимално моделирање и симулации 2“

НА ОСНОВА НА “ЖИВИ“ ПРИМЕРИ СЕ ОБЈАСНУВААТ ОПЦИИТЕ ВО EXCEL: l What if анализа (data table). l Random variables l Tips & tricks (трикови)

За повеќе информации посетете ја нашата веб страна: www.koncept.com.mk

КОНТАКТ: м-р Ленче Зикова и м-р Бојана Делидинкова le-mail: institut@koncept.com.mk l02 3128 526 l070 272 207

Mартовска понуда Пакет 3 x мезотерапии на лице 5500 ден М

т ар

Ласерска епилација - бикини 2500 ден - подпазуви 1800 ден промотивните цени важат до 31.03.2017

Скопје 02 / 321 66 08 www.ancevski.com.mk ancevski@laserlab.com.mk facebook / Ординација Д-р Анчевски Instagram / dr.ancevski



www.kapital.mk

Капитал број 906 10.03.2017

44

СВЕТ БИЗНИС И ПОЛИТИКА

ЧЕТИРИТЕ ВОДЕЧКИ ДРЖАВИ „ДАВААТ ГАС“ ЗА ЕВРОПА СО РАЗЛИЧНИ БРЗИНИ

За да не обеспокојуваат ниту една држава членка на ЕУ, особено оние од источна Европа, кои со право стравуваат дека ќе останат, сликовито кажано, најназад во европскиот воз, лидерите на четирите држави што се собраа во Версај не дадоа никакви изјави по средбата

Ф

Франција и Германија, поддржани од Италија и од Шпанија, на почетоков на неделава на средба во Версајскиот дворец крај Париз, ги разгледаа можностите за Европа во неколку брзини. На средбата учествуваа францускиот претседател Франсоа Оланд, германската канцеларка Ангела Меркел, и премиерите на Италија и на Шпанија, Паоло Џентилони, односно Маријано Рахој. Четворката се состана во пресрет на средбата на врвот на Европската

унија во Рим, организирана по повод шеесетгодишнината на Римскиот договор за создавање на Европската економска заедница. Оваа средба е планирана за 25 март, и на неа се очекува да се разгледува иднината на ЕУ по Брегзит. Меѓу петте сценарија за реформа на Европа, претставени од претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, кои варираат од сведување на Унијата на единствен пазар, до засилена интеграција, Берлин и Париз веќе направија свој избор, а имено, за Европа во неколку брзини. За да се пресретнат стравувањата на некои

држави членки, особено новодојдените во ЕУ од исток, како и за да се динамизира тромоста на 27-члената Унија, државите кои сакаат да напредуваат тоа би можеле да го остваруваат поделени на групи обединети околу различни приоритетни прашања, како економскиот раст, социјалните прашања, заштитата на границите или одбраната. „Ќе има една ЕУ, со различни брзини - сите нема да учествуваат секогаш во сите етапи на интеграцијата“, изјави Меркел уште на 3 февруари на Малта. „Не станува збор дека ние четворицата


ШТО ДОБИВАТЕ СО ОН-ЛАЈН ПРЕТПЛАТА НА КАПИТАЛ: претплата на 1. Со електронското издание на Капитал

заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

за најава од 2.Можност три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

до електронското 3. Пристап издание од било каде во Светот

ШТО ДОБИВАТЕ СО ПРЕТПЛАТА НА ПЕЧАТЕНОТО ИЗДАНИЕ НА КАПИТАЛ: l 49 броја на редовното издание на Капитал l 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал l Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа l Платена поштарина l Вклучено ддв l Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози


www.kapital.mk

Капитал број 906 10.03.2017

46

СВЕТ БИЗНИС И ПОЛИТИКА

ќе одлучуваме каква ќе биде Европа. Тоа не е нашата концепција. Но, ние сме четири важни држави, и од нас се очекува што сакаме заедно со останатите да правиме“, изјави на 20 февруари Оланд, на пресконференција со Рахој, во Париз. На крајот на февруари Жан-Клод Јункер изјави говорејќи во Белгија: „Времињата веќе не се како оние во кои си мислевме дека сите можеме да правиме сè заедно. Не може ли оние кои сакаат да продолжат напред побрзо, без да се сообразуваат со останатите да го прават тоа и да предложат отворена кон сите членки поструктурирана рамка?“.

Што мислат учесниците?

Како одговор на предлозите на Јункер од почетокот на месецов, Париз и Берлин ја повикаа ЕУ повеќе да ги има предвид „различните нивоа на амбициите на државите-членки“. Франција и Германија сметаат дека итно треба да се реагира за да и се даде стимул на една Европа што преживеа серија потреси, од кризата во Еврозоната до бегалската криза; од одлуката на Британците за Брегзит, до критиките на американскиот претседател Доналд Трамп за ЕУ. Италија, која работи на добивање билет за средбата на врвот во Рим, и државите од Бенелукс, исто така застанаа зад идејата за интеграција во неколку брзини, но истовремено се загрижени од подемот на антиевропските партии, кои освојуваат сè повеќе од теренот со секои следни избори. Неодамна во интервју за Франс Прес, Рахој рече дека е приврзаник на фискална унија и на единствен енергетски пазар, како и на единствен дигитален пазар. Европа на неколку брзини составена од неколку цврсти јадра и од концентрични кругови, не е толку нова идеја. Тоа дури е и реалност, напиша Франс Прес визирајќи ја Шенген зоната и Еврозоната, во која некои држави, членки на ЕУ, не влегуваат. За да не обеспокојуваат ниту една држава членка на ЕУ, особено оние од источна Европа, кои со право стравуваат дека ќе останат, сликовито кажано, најназад во европскиот воз, лидерите на четирите држави што се собраа во Версај, не дадоа никакви изјави по средбата. nnn

Вишеградската група: Поделбата води кон ослабување на Европа

Д

ржавите од Вишеградската четворка (Унгарија, Полска, Словачка, Чешка) веќе прифатија заедничка декларација со предлози за идниот развој на Европската унија, која ќе биде претставена на посебна средба на врвот на Унијата во Рим, на 25 март. „Не се согласуваме со поделба на ЕУ и никогаш нема да прифатиме каква и да е поделба, зашто тоа е најпростиот пат кон ослабување на Европа“, се вели во текстот на декларацијата. Документот беше цитиран од премиерката на Полска, Беата Шидло, по нејзината средба со колегите од Словачка, од Унгарија и од Чешка. Со декларацијата тие настојуваат да се зачува единството на ЕУ и на заедничкиот пазар, како и да има поголема контрола од страна на националните власти во државите членки во процесите на одлучување. Документот, исто така, повикува на посилен европски пазар каде што би немало протекционизам или поделба. „За нас е важно реформите на ЕУ да се основани на еднаква поставеност на интересите на сите држави членки“, изјави Шидло. Апсолутно е неприфатлив и за Бугарија развојот на Европа, „во две, три или колку и да се брзини“, како што изјави вицепремиерката Деница Златева, одговорна за подготовката на бугарското претседателство со ЕУ. „Категорично застануваме против создавањето на таканареченото јадро на Европа и останат дел – периферија, што ги засега сите европски политики“, изјави Златева.



www.kapital.mk

Капитал број 906 10.03.2017

48

СВЕТ БИЗНИС И ПОЛИТИКА

PEUGEOT - CITROEN

СТАНУВА ЕВРОПСКИ ВИЦЕШАМПИОН НА АВТОПАЗАРОТ СО КУПУВАЊЕТО НА OPEL

Ф

Француската автомобилска групација Peugeot- Citroen (PSA) објави дека ќе го купи европскиот бизнис на американската компанија General Motors (GM). Со тоа француската групација ќе стане вториот по големина производител на автомобили во Европа, по Volkswagen и со пазарен удел од 16% ќе го надмине Renault-Nissan. Со оваа зделка вредна 2,2 милијарди евра, General Motors целосно ја напушта Европа. Од оваа сума 1,3 милијарди евра се за двата бренда – германски Opel и британскиот Vauxhall. Разликата од 0,9 милијарди евра е за придобивање на финансиското разделување на General Motors на континентот. Ниската цена за двата бренда има и свое објаснување. Американската компанија за минатата година прикажа загуба од

257 милиони долари од европските бизнис операции. Тоа е 16 по ред загуба за компанијата во Европа, која од почетокот на векот достигна вкупно 15 милијарди долари. По оваа зделка германски Volkswagen ќе продолжи да биде најголем автопроизводител во Европа, но извесно е дека ќе ја загуби лидерската позиција на некои пазари. Француската групација по зделката ќе има десет фабрики во Централна и Западна Европа.

Разделба по 90 години

General Motors се разделува со Opel по 90 години сопственост на овој бренд. Обединувањето на брендот со PeugeotCitroen ќе донесе заштеда од 1,7 милијарди евра во следните 10 години за француската групација заради спојувањето на одредени оддели. “Убедени сме дека брендовите Opel

и Vauxhall ќе имаат значаен успех со наша поддршка. Со оглед на тоа дека веќе сме создавале успешни производи за европскиот пазар, знаеме дека Opel/ Vauxhall е вистинскиот партнер”, коментира Карлос Таварес, извршен директор на PSA. Разделбата на General Motors со Opel не е изненадувачка. Opel за изминатите седум години има загуба од 9 милијарди долари. Од другата страна е PSA, чиј бизнис во Европа продолжува да расте. Желбата на француската групација е Opel да достигне годишна продажба од 1,2 милиони автомобили и да ги намали расходите за производство на нови автомобили. Возможно е затворање на некои фабрики во Германија и Велика Британија, каде што работната рака е многу скапа.

Втор по големина

Со новата к упопродажна з делка


www.kapital.mk

Капитал број 906 10.03.2017

49 Групацијата PSA официјално ќе стане втор најголем производител на автомобили во Европа. Досега второто место го држеше Renault Nissan, а трета беше групацијата PSA. Францускиот производител на автомобили имаше многу проблеми, а во 2014 година дури побара и државна помош. Извршниот директор на групацијата Таварес и покрај се фокусот го насочува на агресивно ширење. Неговата цел е преку обединувањето на PSA и Opel групацијата да прерасне во европски шампион, Но, за да се случи тоа, групацијата треба да ги намали своите трошоци, за што Таварес исто така има план. PSA ќе држи 16% од европскиот пазар, додека лидерот Volkswagen има 24%. Германската групација загуби дел од продажбите во Западна Европа заради скандалот со дизел автомобилите од есента 2015 година. Таа исто така беше казнета да плати над 20 милијарди долари штети во САД. И покрај тие проблеми, Volkswagen стана најголем производител на автомобили во светот за 2016 година, надминувајќи јапонската автомобилска компанија Toyota.

Распределување на картата

Со новото обединување Volkswagen ќе ја загуби лидерската позиција во некои од основните европски пазари, како на

Француската автомобилска групација Peugeot- Citroen (PSA) објави дека ќе го купи европскиот бизнис на американската компанија General Motors (GM). Со тоа француската групација ќе стане вториот по големина производител на автомобили во Европа, по Volkswagen и со пазарен удел од 16% ќе го надмине Renault-Nissan. пример Италија и Шпанија. Во Велика Британија конкуренцијата ќе стане поголема, а во Франција групацијата Peugeot- Citroen има целосна доминација, исто како и Volkswagen во Германија.

Во изминатата година француската групација PSA и европските марки на General Motors имаа вкупни приходи од 72 милијарди долари и продадени 4,3 милиони автомобили. nnn


www.kapital.mk

Капитал број 906 10.03.2017

50

ЛИДЕРИ

ШЕРИЛ СЕНДБЕРГ

ГЛАВЕН ОПЕРАТИВЕН ДИРЕКТОР НА FACEBOOK

СТРЕМЕЖОТ КОН ПЕРФЕКЦИЈА Е РЕЦЕПТ ЗА РАЗОЧАРУВАЊЕ

Ш

Шерил Сендберг е пример за сите, и мажи и жени, кои што тежнеат кон успех. Како прв оперативец на Facebook, автор, активист, прва жена во бордот на Закерберг, таа научи многу лекции на нејзиното животно и професионално патување - и се соочи

Не обидувајте се да направите сè и притоа да очекувате сè да биде како што треба, тоа е рецепт за разочарување. Перфекцијата е непријател.

Не може да го промениме она за што не сме ни свесни, а штом станеме свесни, тогаш немаме друг избор освен да менуваме.

Тоа што знаеме дека нештата може да се влошат, не треба да не поколеба во обидот да ги направиме подобри.

Ако угодувате секому, нема да стигнете далеку.

Преземањето иницијатива се исплатува. Тешко е да замислите некого како лидер доколку цело време чека да му кажат што да прави.

Ако некој ви понуди карта за вселенски брод, не прашувајте кое седиште сте! Само качете се.

Лидерство не значи да малтретирате други и да бидете агресивни. Лидерство е да мислите дека вашата моќ може да ја искористите за добро, да го направите светот подобро место за живеење.

Кога ќе ви се случи трагедија, вие сте пред избор. Може да се предадете на тагата, празнотијата да ви го исполни срцето, градите, да не може да мислите, дури ни да дишете. Или пак, може да најдете смисла на вашиот живот.

со многу битки. Ненадејната смрт на нејзиниот сопруг во 2015-та беше една од нив. Но, Сандберг не дозволи тагата да го уништи нејзиниот живот, а многу лесно можело тоа да се случи, како што има признаено во повеќе наврати. Еве ја денес, силна и инспиративна со своите пораки.




Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.