907 kapital magazin

Page 1

КАПИТАЛ АНАЛИЗА КОЈ НАЈМНОГУ ВРАБОТУВА ВО МАКЕДОНИЈА?

ТАЈНАТА НА НОРДИСКИОТ ЕКОНОМСКИ МОДЕЛ КОМБИНАЦИЈА ОД КАПИТАЛИЗАМ И СОЦИЈАЛИЗАМ

ЗАПОЗНАЈТЕ ГО STAYUNCLE МАКЕДОНЕЦ СО СВОЈОТ СТАРТАП ПРАВИ БИЗНИС И РУШИ ТАБУА ВО ИНДИЈА

Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

WWW.KAPITAL.MK

COVER STORY

КАКО РАБОТЕШЕ ИНДУСТРИЈАТА ВО 2016? БИЗНИСОТ ОДИ ПО ТЕНКА ЖИЦА НАМАЛЕНИ ПРОДАЖБИ И СКРОМЕН РАСТ СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

ИНОВАТИВНИ ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ

КОЛКУ Е ИНОВАТИВНА МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА: ЕУ ЈА СМЕТА ДРЖАВАВА ЗА “СКРОМЕН ИНОВАТОР“, НО КАЈ БИЗНИСИТЕ СЕ БЕЛЕЖИ ИЗВЕСЕН НАПРЕДОК ДОМАШНА СТАРТАП СЦЕНА: ИНОВАТИВНИ ПРОДУКТИ ЧИЈА ЦЕЛ Е СВЕТСКИОТ ПАЗАР ТРЕНДОВИ ДЕСЕТ ИНОВАЦИИ ШТО ЌЕ ЈА СМЕНАТ КОМПЛЕТНО ИДНИНАТА НА ГЛОБАЛНАТА ЕКОНОМИЈА

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

ИНОВАТИВНОСТ

БАВЕН НАПРЕДОК НА ИНОВАТИВНОСТА ВО ЕКОНОМИЈАТА

МАКЕДОНИЈА СÈ УШТЕ КАСКА ЗАД ЕУ ПРОСЕКОТ БРОЈ 907 | ЦЕНА 100 ДЕН. 17 МАРТ 2017 | ПЕТОК | ГОДИНА 18

СВЕТ: ШТО ЗНАЧИ ЕВРОПА ВО ПОВЕЌЕ БРЗИНИ?



3

Капитал број 907 17.03.2017

СОДРЖИНА

16 04

ПРОФИЛ

06

НАВИГАТОР

08

COVER STORY

Европа може да здивне Холанѓаните го запреа „популизмот од лош ков“ Заев ја објави програмата на новата влада, Иванов не дава мандат Се чека нова меѓународна асистенција ?! Како работеше македонската индустрија во 2016 година?! Намалени продажби и скромен раст

БИЛАНСИ

40

30 STARTUP

40

АНАЛИЗА

24

КАПИТАЛ АНАЛИЗА

44

СВЕТ БИЗНИС

29

ИНОВАТИВНИ ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ

50

ЛИДЕРИ

16

Запознајте го StayUncle Македонец со својот стартап прави бизнис и руши табуа во Индија Невработеноста се намалува двојно побрзо, отколку што расте бројот на вработени Кој вработува во Македонија?

n Македонија сè уште

каска зад ЕУ просекот n 10 иновации што сосема ќе ја променат иднината на светската економија

МАКЕДОНСКИ УМ ВО ИНДИСКИ СТАРТАП

Што значи Европа во повеќе брзини? Ефективноста пред солидарноста Тајната на нордискиот модел Комбинација од капитализам и социјализам за економски и социјален успех СТИВ ФОРБС

издавач на магазинот Forbes

Вашиот бренд е најважната инвестиција во бизнисот

ШАМПИОНИТЕ ОД СЕВЕР

Половина од најголемите 20 компании што веќе ги доставија до Берзата годишните финансиски извештаи за работењето во 2016 година, прикажаа намалување на приходите од продажба. Билансот на успех на другата половина од фирмите, пак, покажа дека инкасирале по неколку проценти повеќе пари од продажба на домашниот и странскиот пазар во споредба со 2015 година. Најмногу приходи од продажба лани оствари компанијата ОКТА, со инкасирани 309,5 милиони евра, a најголема добивка Македонски телеком, од 16,8 милиони евра. Кај банките, пак, сите имаат зголемување на приходите и добивките.

Во Индија не е лесно да си двојка која што сака малку приватност. Во земја каде што традициона-лното договарање бракови сè уште е секојдневие, можноста на младенците да поминат некое време заедно пред официјалната венчавка знае да биде невозможна мисија. А, и оние што ја имаат среќата слободно да си фатат момче или девојка, исто така имаат проблем со наоѓањето простор за интимност.. StayUncle е стартап што си зададе мисија да им ги реши овие проблеми на Индијците. Компанијата им помага на двојките да најдат соба во пристојни хотели, за 12 - часовно изнајмување. А, “мозокот“ за маркетинг на овој брзорастечки стартап е никој друг, туку струмичанецот Блаже Аризанов.

Четирите нордиски земји, Шведска, Данска, Норвешка и Финска важат за едни од најбогатите земји во светот, во кои жителите имаат најдобар животен стандард, уживаат големи социјални права, имаат квалитетно и бесплатно здравство и образование, имаат најниско ниво на корупција, додека истовремено нивните економии и важат за најконкурентни во целиот свет. Овие земји со години наназад успеваат на бидат на врвот на разни рангирања според конкурентноста, социјална заштита, среќа,а истовремено успешно ја избегнаа должничката криза во која тоне јужна Европа и растечката нееднаквост на САД. Која е тајната на нивниот успех?

XX Стр.8

XX Стр. 16

XX Стр. 44

Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје l Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31 l П. ФАХ 503, 1000 Скопје l Директор и одговорен уредник: Љупчо Зиков l Печати: Графички центар Скопје, ул. Скупи бб, 1000 Скопје l Тираж: 3.000 примероци l Датум на печатење: 16.03.2017


www.kapital.mk

Капитал број 903 17.02.2017

ПРОФИЛ 4

ЕВРОПА МОЖЕ ДА ЗДИВНЕ

ХОЛАНЃАНИТЕ ГО ЗАПРЕА „ПОПУЛИЗМОТ ОД ЛОШ КОВ“

„Победа над популизмот од лош ков“ – така либералниот холандски премиер, Марк Руте, ја нарече победата над крајниот десничар, Герт Вилдерс, на парламентарните избори во Холандија. По Брегзит и победата на Трамп сите очи беа свртени кон Вилдерс, на чиј резултат се гледаше како на барометар за растот на популизмот во Европа, на помалку од 40 дена од француските претседателски избори, и пред германските парламентарни избори наесен

ВИЛДЕРС: ПРВАТА ПОБЕДА Е ОСТВАРЕНА - РУТЕ УШТЕ


www.kapital.mk

Капитал број 907 17.03.2017

С

Според над 90% преброени гласови (до затворањето на овој текст), либералната Народна партија за слобода и демократија на премиерот Марк Руте освои 33 места од 150 во долниот дом на холандскиот парламент. Ова е загуба од осум места во однос на претходните избори одржани во 2012 година, но е значајно (за холандски поим на фрагментирана политика) повеќе од резултатот на партијата на крајниот десничар Герт Вилдерс, која освои 20 места. Вилдерс на овие избори, во однос на претходните, освои пет пратеници повеќе. Ваквите резултати се дефинитивно олеснување за Европа. Шефот на француската дипломатија, Жан Марк Еро, во Твитер порака им честиташе на Холанѓаните што „го поништиле растот на екстремната десница“. Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, го поздрави „гласањето за Европа, против екстремистите“. Германската канцеларка Ангела Меркел телефонски му честиташе на Руте, соопшти на Твитер портпаролот на Меркел, Штефан Зајберт. „Се радувам на продолжувањето на добрата соработка како пријатели, соседи и Европејци“, му рекла на Руте канцеларката. По Брегзит во Велика Британија и победата на Доналд Трамп на американските претседателски избори, сите очи беа свртени кон Герт Вилдерс, чиј резултат се гледаше како барометар за растот на популизмот во Европа, на помалку од 40 дена од француските претседателски избори, и пред германските парламентарни избори наесен. „По Брегзитот и по изборите во САД, Холандија му рече стоп на популизмот од лош ков“, рече насмеаниот Марк Руте пред преполната сала приврзаници во Хаг. Во тек на кампањата одбележана со прашања на идентитетот, Руте, како и лидерите на некои од другите партии, сепак вклучија некои елементи што претходно беа резервирани за нивниот ривал Вилдерс, па така премиерот ги повика оние што не ги почитуваат холандските вредности да ја напуштат оваа земја со 17 милиони жители. Место помалку во однос на крајно

PROFILE

5

Марк Руте Герт Вилдерс

десната вилдерсова Партија за слобода, во долниот дом на холандскиот парламент освоија демохристијаните и „напредњаците“ Д66. Вилдерс, сепак, изрази задоволство од својот резултат. „Им благодарам на гласачите на Партијата за слобода. Освоивме повеќе места од претходно. Првата победа е остварена. Руте уште не ме симнал од својот врат“, напиша Герт Вилдерс на Твитер. Во анкетите од пред неколку месеци пред изборите, крајната десница се покажуваше дека ќе добие дури 36 места. Холандскиот пропорционален изборен

Е НЕ МЕ СИМНАЛ ОД СВОЈОТ ВРАТ

систем е таков што мораат да се формираат коалиции за да се владее во така расцепканиот политички пејзаж, и формирањето на идната влада би можело да трае повеќе месеци. Досегашниот рекорд за формирање влада е 208 дена. Излезноста на изборите одржани во средата беше голема, со 81% од 12,9 милиони избирачи, според институтот Ipsos. На претходните избори во 2010 и 2012 година, излезноста беше 74,6%, односно 75,3%. Резултатите на овие избори се броеја рачно поради страв од сајбер напади.

nnn


www.kapital.mk

Капитал број 907 17.03.2017

6

НАВИГАТОР ИЗЈАВА НА НЕДЕЛАТА

> БРОЈКА

2,4%

изнесува растот на бруто домашниот производ (БДП) во Македонија за лани, објави Државниот завод за статистика

ТАКИ ФИТИ

претседател на МАНУ

Потребно е, без одлагање, дебатите за клучните реформски приоритети на земјата и за комплексот прашања од меѓуетничките односи да се вратат и одвиваат во институциите на системот. Треба брзо да се дејствува и да направиме се за мирна разрешница на кризата.

ОХРИДСКА БАНКА СО ПОДОБРЕНО ЕЛ

О

хридска банка Сосиете Женерал – ОБСГ понуди нова, подобрена веб платформа за управување со корпоративните банкарски сметки на клиентите. Новата платформа во рамките на услугите за електронското банкарство ОБСГ Нет, им нуди можност на компаниите на едноставен, брз и безбеден начин, да управуваат со нивните денарски и девизни сметки, во било кое време, каде и да се, објаснуваат од банката. “Збогатена со бројни функционалности новата платформа поседува понапредни алатки за

ЗАЕВ ЈА ОБЈАВИ ПРОГРАМАТА НА НОВАТА ВЛАДА, ИВАНО

СЕ ЧЕКА НОВА МЕЃУНАРОД

пишува:

С Максим Ристески

maksim.risteski@kapital.mk

Само непоправливите оптимисти сè уште се на мислење дека е прашање на време ( д ен о в и), ко га претседателот Ѓорѓе Иванов, главно под меѓународен притисок, ќе му го додели мандатот за составување влада на кандидатот на новото парламентарно мнозинство, претседателот на СДСМ, Зоран Заев. Реалистичните сценарија за тоа – како понатаму, поаѓаат од фактот дека Иванов нема да го додели мандатот.

А редот е прво да продолжи конститутивната седница на Парламентот, да се избере Комисија за избори и именувања, и оваа фаза да се заокружи со избор на претседател на Собранието. Од тој момент ќе почнат да течат десетте дена од членот 90 од Уставот, предвидени како рок во кој претседателот на државата е должен да му го довери мандатот на кандидатот на мнозинството во Законодавниот дом („Претседателот на Република Македонија е должен во рок од десет дена од конституирањето на Собранието мандатот за состав на Владата да го довери на кандидат на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Собранието“). Дури после ова, откако Иванов официјално ќе биде известен од новиот

претседател на Собранието дека е обезбедено мнозинство, и потоа истечат десетте дена за доделување на мандатот без негова соодветна реакција, шефот на државата неспорно ќе го прекрши Уставот. ВМРО-ДПМНЕ, секако, не би сакала да дојде до оваа фаза, а се чини дека партијата на Никола Груевски и нема да треба да посегне по некои „неполитички“, погруби средства, за да го спречи новото парламентарно мнозинство да влезе во Собранието. Според последните изјави на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, неговите пратеници нема да влезат во Парламентот ако за свикување седница нема согласност и од ВМРО-ДПМНЕ. „Без вистински договор меѓу страните кои


www.kapital.mk

Капитал број 907 17.03.2017

7

ЛЕКТРОНСКО БАНКАРСТВО ЗА ФИРМИТЕ уште поедноставно користење. Дел од придобивките на новата платформа се: неограничен пристап до клиентските сметки 24/7 секаде во светот; можност за преглед на трансакциите и состојба на сметките во секое време; увид и во сметките на другите компании каде што корисникот на електронско банкарство е овластен потписник; сигурност, трајност и безбедност на податоците; едноставно извршување на плаќањата; без надомест за инсталација; достапна е на македонски и англиски јазик; достапна и за нерезидентни правни лица, кои отсега ќе можат да вршат и плаќања преку електронското банкарство, итн“, истакнуваат од ОБСГ.

мисла на неделата Големите компании се изградени на големи производи.

Елон Маск претприемач и иноватор

> БРОЈКА

8,5%

е порастот на градежништвото лани и со тоа оваа индустрија е главен двигател на економскиот раст

лидери

ОВ НЕ ДАВА МАНДАТ

ДНА АСИСТЕНЦИЈА?! Последните изјави на Ахмети дека не влегува во Парламентот ако за тоа нема договор и со ВМРО-ДПМНЕ, и оти не може да стане збор за составување влада без мандат од Иванов, врз чии одлуки смета дека може да влијае само партијата на Никола Груевски, ја потенцираа потребата од нова усогласена меѓународна акција како слаба, но некаква надеж за одблокирање на процесите и намалување на односните ризици

се претставници на мнозинските заедници, СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и останатите партии, ние не можеме да правиме експерименти како во театар, да одиме во Собрание без претходен договор. Да не одиме во Собранието за да се видиме еден со друг и да си размениме неколку пцости и навреди, туку да одржиме седница каде ќе се избере Комисија за назначување и да се избере претседателот на Парламентот“, изјави Ахмети за ТВ21. Според лидерот на ДУИ, и во случај да се помине оваа фаза и Иванов да добие писмо за обезбедено мнозинство од избран претседател на Собранието, за составување влада не може да стане збор додека претседателот на државата не го додели мандатот. „Не може да се зборува за конституирање на еден орган без да се има мандат. Значи, во прв ред треба да му се даде мандатот на мандатарот и потоа да се водат преговори за ресорите“, изјави Ахмети, кој е на став дека освен ВМРО-ДПМНЕ, никој друг не може да влијае врз одлуката на Иванов. Оттука, јасно е дека ситуацијата е доведена до шаховски „пат“, во која во СДСМ се свесни за ризикот од евентуално влегување во Собранието „на препад“ – прилично уверливи се одредени закани од фактори што условно би ги асоцирале со иницијативата „За заедничка Македонија“, дека по никоја цена нема да

го дозволат тоа, а анонимни, но релевантни извори од Министерството за внатрешни работи велат дека не се знае ни каква ќе биде реакцијата на полицијата, во која сè поотворено се формираат спротивставени политички табори. Портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, не случајно побара да не се шпекулира околу одржувањето собраниска седница. „Такви шпекулации не се потребни. Кога ќе има нешто зрело за објавување, транспарентно ќе објавиме први“, изјави Шилегов за Плусинфо. А дека „македонската политика веќе ништо конструктивно не е во состојба да произведе“, смета и професорот Денко Малески, чија актуелна колумна е овде цитирана. Тој во продолжение вели дека „работите ќе одат кон конфликт и насилство“, а за да не биде така одново нема друга опција освен да се чека меѓународна интервенција. Впечаток е дека реакциите на странците влегоа во некое затишје во овој период откако Заев ја презентираше програмата на новата влада и го повика Иванов да види дека по нејзиното објавување веќе нема причини да се стравува од какви и да се платформи, зашто „програмата е силно посветена на зацврстување на унитарноста, на суверенитетот и на стабилноста на Македонија“. nnn

БРАЈАН КРЗАНИЧ

Intel го купи Mobileye и се наметна како фактор и на пазарот на автономни возила

ЈУХА СИПИЉА

Финска има проблем со превисоки плати: 10-15% повисоки во однос на другите развиени членки на ЕУ

не им беше неделата

РЕЏЕП ТАИП ЕРДГОАН

турскиот претседател отвори војна со Европа во која е малку да се каже дека нема дипломатски ракавици

ФРАНСОА ФИЈОН

кандидатот за претседател на Франција и официјално е обвинет за проневера на јавни средства преку непотизам


Капитал број 907 17.03.2017

www.kapital.mk

STORY 8 COVER STORY: COVER КАКО РАБОТЕШЕ МАКЕДО

НАМАЛЕНИ ПРОДАЖБИ И СКРОМЕН РАСТ Половина од најголемите 20 компании што веќе ги доставија до Берзата годишните финансиски извештаи за работењето во 2016 година, прикажаа намалување на приходите од продажба. Билансот на успех на другата половина од фирмите, пак, покажа дека инкасирале по неколку проценти повеќе пари од продажба на домашниот и странскиот пазар во споредба со 2015 година.


www.kapital.mk

Капитал број 907 17.03.2017

9 ОНСКАТА ИНДУСТРИЈА ВО 2016 ГОДИНА?!

Финансиски резултати на 10 најголеми котирани компании Приходи од

ОКТА Макпетрол Македонски телеком Алкалоид Пекабеско Макстил Витаминка Прилепска Пиварница ВВ Тиквеш Факом

продажба

Годишна

Добивка/Загуба

Годишна

(милиони евра) 309,5 265,3 170,5 134,8 64,9 59,6 27,4 26,6 21,3 19,6

промена -4% -11% -1% 6% 18% 1% 3% 3% 9% -6%

(милиони евра) 5,56 6,10 16,80 11,90 1,80 0,03 0,35 2,55 1,40 0,30

промена 321% 2783% -17% 10% 20% 570% -63% 3% 126% 668%


www.kapital.mk

Капитал број 907 17.03.2017

10

COVER STORY

пишува:

Александар Јанев

Ф

aleksandar.janev@kapital.mk

Финансиските резултати на најголемите 20 компании што котираат на Македонската Берза покажуваат изедначен однос на оние што работеле полошо и оние што работеле подобро во 2016 година споредено со годината претходно. Најмногу приходи од продажба лани оствари компанијата ОКТА, со инкасирани 309,5 милиони евра. Меѓутоа, овие приходи се за 4% помали во споредба со остварената продажба во 2015 година. На домашниот пазар, ОКТА продала нафта и нафтени деривати во вредност од 251,7 милиони евра, односно 5% помалку отколку во 2015 година, додека пак од извоз, инкасирани се 57,7 милиони евра. Во објаснувањето на резултатите, компанијата наведува дека „приходите од продажба се пониски споредено со 2015 година како резултат на пониските цени на нафтените деривати на светските пазари“. Добивката на ОКТА за лани изнесува околу 5,6 милиони евра и е зголемена четири пати на годишна основа. Втора на листата најголеми компании според приходите остварени лани е повторно од нафтената индустрија, Макпетрол. Оваа компанија инкасирала вкупно 265,3 милиони евра од продажба на нафта и нафтени деривати, но тоа е 11% помалку

отколку во 2015 година. Најголем дел од приходите, односно 255,6 милиони евра се направени на домашниот пазар, додека од извоз, Макпетрол инкасира 9,7 милиони евра, или 17% помалку на годишно ниво. Слично е образложението и на Макпетрол за намалувањето на приходите од продажба како и на ОКТА. „Намалувањето на приходите исклучиво се должи на намалувањето на цените на дериватите во однос на истиот период од минатата година бидејќи, истовремено, фи-зичкиот обем на продажба на стоки и на услуги на Макпетрол АД Скопје е зголемен“, пишува во образложението на компанијата. Она што остава впечаток во финансискиот извештај на Макпетрол е зголемувањето на добивката за дури 28 пати, на 6,1 милиони евра. Од компанијата објаснуваат дека ова зголемување на добивката се должи на зголемување на остварената продажба на енергенси, особено продажбата на деривати во малопродажбата, со што е зголемен и пазарниот удел на Друштвото, намалување на трошоци за камати и курсни разлики, зголемени приходи од вложувања, камати и од курсни, зголемени приходи од промет со останати стоки и тоа доминантно на бензинските станици и намалени трошоци на суровини и на други материјали. Уште една компанија од оваа индустрија, командитното друштво Оилко во кое Макпетрол поседува 35,16% од капиталот, лани прикажа приходи од 6,4 милиони евра, или 3% помалку отколку во 2015 година. И оваа компанија ја заврши годината со добивка од 1,15 милиони евра, за 12% поголема отколку во 2015 година. Трета на листата најголеми котирани компании на Берзата е Македонски Телеком

која исто така бележи намалување на приходите од продажба за 1%. Со тоа првите три најголеми компании, лани инкасирале помалку приходи отколку во 2015 година. Финансиските резултати на Македонски Телеком покажуваат дека приходите од продажба за 2016 година изнесуваат 170,5 милиони евра, а добивката на компанијата е 16,8 милиони евра, што е 17% помалку на годишно ниво. Алкалоид е четврта на листата со приходи од продажба од 134,8 милиони евра и оваа компанија прикажа пораст на приходите од 6%. Растот на приходите главно се должи на зголемениот извоз за 8% од што компанијата наплатила 80,8 милиони евра, додека пак во земјава, приходите од продажба на Алкалоид се зголемени за 3% и со тоа се инкасирани 54 милиони евра. Добивката на најголемата фармацевтска компанија во земјава во овој период е зголемена за 10% и изнесува 11,9 милиони евра. Во образложението на резултатите, компанијата објаснува дека по региони, во земјите од Југоисточна Европа се остварени 35%, во Русија и другите земји од ЗНД се остварени 6%, во земјите од Западна Европа (ЕУ и ЕФТА) се остварени 17% и на останатите пазари се остварени 2% од вкупните консолидирани продажби. Најголем пораст кај извозните пазари е остварен во следните земји: во САД раст од 30%, Русија раст од 15%, Романија раст од 63%, Словенија раст од 13%, Полска раст од 141%, Велика Британија раст од 125%, Унгарија раст од 135%, Турција раст од 72%, Чешка раст од 122%, Албанија раст од 47%. Гледано по групи на производи, во структурата на вкупните консолидирани продажби, најголемо учество заземаат производите од сегментот Фармација и тоа 83%. Од останатите компании од оваа инду-

МАКПЕТРОЛ: ЗГОЛЕМЕНА ДОБИВКА ЗА 28 ПАТИ, НА 6,1 МИЛИОН ЕВРА


www.kapital.mk

Капитал број 907 17.03.2017

11 стрија, Реплек оствари приходи од 13,5 милиони евра и се за 2% поголеми од 2015 година. Од продажбата во домашните аптеки, компанијата инкасирала 3% повеќе приходи, односно вкупно 6,9 милиони евра, додека пак извозот се зголемил за 1% на 6,6 милиони евра. Реплек има добивка од 1,8 милиони евра, односно 20% повеќе отколку во 2015 година. Првите пет најголеми компании според приходите ги заокружува компанијата Пекабеско. Лани оваа компанија инкасирала 64,9 милиони евра од продажба, што е 18% повеќе отколку во 2015 година. Ова е всушност и најголем раст на приходите од продажба евидентиран меѓу најголемите 20 котирани компании на Берзата. Меѓутоа, треба да се има предвид дека голем дел од приходите на оваа компанија доаѓаат од трговија на големо со тутунски производи, иако брендот доаѓа од месната индустрија. Пекабеско бележи пораст на приходите и на домашниот пазар, каде што се инкасирани 57,8 милиони евра, но и на извозот за 21% при што се инкасирани 7,05 милиони евра. Добивката на компанијата за лани изнесува 1,8 милиони евра и е зголемена за 43% на годишно ниво. Компанијата Макстил од металската индустрија минатата година оствари приходи од продажба од 59,6 милиони

евра, или 1% повеќе од 2015 година. Поголем дел од приходите доаѓаат од извоз, односно 46,7 милиони евра и во споредба со годината претходно се зголемени за 3%. На домашниот пазар, Макстил лани бележи намалување на приходите за 7%, на 12,9 милиони евра. Добивката е скромна, изнесува околу 27 илјади евра. Од Макстил објаснуваат дека и во деловната 2016, иако производните показатели бележат нешто понагласена динамика, работењето се одвивало во исклучително сложени услови кои во континуитет се одржуваат некаде од крајот на 2008. „Влијанието на глобалните прилики на пазарот на челични производи и натаму има силни негативни рефлексии врз динамиката на производството, продажните цени и остварените резултати од работењето. Во почетокот тоа беа рефлексиите на глобалната светска криза, на која се надоврзаа проблемите со јавните финансии во Европа, па ембаргото кон Русија, падот на економската активност на Кинеската економија. Дополнителна неизвесност внесоа претседателските избори во САД, а и редицата безбедносни проблеми поврзани со бегалската криза, пореметените нормални транспортни текови на коридорот 10 заради одредени ремонти на пругата во Србија и честите штрајкови во Грција, па во извесна мерка и политичката криза во

земјава. Ваквите драматични нарушувања на пазарните прилики, и останатите состојби во опкружувањето резултираа со и натаму дисконтинуирано производство, или производство далеку под инсталираните капацитетни можности, со сите последици врз трошоците на работењето (особено фиксните) заради намалената побарувачка и падот на продажните цени“, пишува во образложението на резултатите на Макстил. Од оваа индустрија, Факом, компанија во дејноста на повисока додадена вредност во металургијата, односно проектирање, производство и монтажа на челични конструкции и производи, прикажа за 6% помали приходи споредено со 2015 година. Билансот на успех на Факом покажува дека вкупните приходи од продажба лани изнесуваат 19,6 милиони евра. Интересно е што падот на приходите целосно произлегува од намалувањето на продажбата на домашниот пазар и тоа за 48%, што значи дека Факом дома инкасирал 3,6 милиони евра евра. На странските пазари, инкасирани се 16 милиони евра и тоа е пораст од 15% на годишно ниво. Добивката на компанијата изнесува нешто помалку од 300 илјади евра, и е зголемена за речиси 8 пати. Поголем дел од компаниите од прехранбената индустрија прикажаа поголеми продажби од лани. Најголема меѓу нив,

БеСконтактни MasterCard картички од

Инфо центар: 02 3 111 111 www.unibank.com.mk


www.kapital.mk

Капитал број 907 17.03.2017

12

COVER STORY

со приходи од продажба од 27,4 милиони евра е Витаминка од Прилеп. Тоа значи дека приходите од продажба на Витаминка се зголемени за 3% на годишно ниво. На домашниот пазар, продажбата изнесува 15,3 милини евра или 1% повеќе од 2015 година, додека пак извозот на Витаминка е зголемен за 7%, и изнесува 12,1 милиони евра. Компанијата прикажа профит од околу 350 илјади евра но во споредба со 2015 година е намален за 63%. Компанијата која што исто така произведува кондиторски производи, Европа, продаде 7% помалку од 2015 година и со тоа оствари приходи од 11,5 милиони евра. Добивката на Европа изнесува околу 380 илјади евра што е за 17% помалку од лани. Од производителите на пијалаци, Прилепска пиварница ги зголеми приходите од продажба за 3% и изнесуваат 26,6 милиони евра. Продажбата на домашниот пазар обезбедува најголем дел од приходите на компанијата, но расте и извозот. Билансот на успех на Прилепска Пиварница за 2016 година покажува профит од 2,5 милиони евра. Пелистерка, пак, инкасираше 11% помалку приходи од продажба, односно 6,6 милиони евра. Пелистерка има добивка од околу 170 илјади евра што е за 17% помалку од 2015 година. Винарницата ВВ Тиквеш оствари приходи од 21,3 милиони евра, што е за 9% повеќе од 2015 година и бележи зголемување

и на извозот и на продажбата на вино дома. Добивката на компанијата е околу 1,4 милиони евра евра што е 126% повеќе на годишна основа. Од оваа индустрија, компанијата Благој Ѓорев прикажа намалување на приходите за 3%, на 9,9 милиони евра, а компанијата Фруктал Мак, пак, прикажа пораст на приходите од 4%, на 5,4 милиони евра. Од градежната индустрија, од оние компании што засега доставија извештаи, Бетон Штип оствари приходи од 13,8 милиони евра што е 12 % повеќе отколку во 2015 година. Компанијата има добивка од околу 380 илјади евра, но е преполовена во однос на 2015 година. Уште една компанија од овој сектор, која што произведува градежни материјали, Адинг, ги зголеми приходите од работењето за 7%. Од извештајот на компанијата може да се види дека приходите за лани изнесуваат речиси 6 милиони евра. Зголемен е и извозот и продажбата а домашниот пазар, а добивката на компанијата изнесува околу 270 илјади евра.

Сите банки со зголемени добивки

Ако се анализираат финансиските извештаи на банките што котираат на Берзата, најпрофитабилна банка лани е Стопанска банка со добивка од 36,4 милиони евра. Добивката на оваа банка е зголемена за

16,8% во споредба со 2015 година. Нето приходите од камата изнесуваат 59,1 милиони евра и се зголемени за 7,9% , во однос на претходната година, а како штоп објаснуваат од Стопанска тоа е резултат на зголемените салда на користени кредити. Приходите од провизии и надомести, пак, изнесуваат 17,1 милиони евра и се поголеми за 1,83% во споредба со 2015 година, додека пак расходите по овој основ се зголемени за 2,41% и изнесуваат 1,6 милиони евра. Стопанска банка бележи зголемување и на останатите приходи од банкарската дејност, од курсни разлики и од тргување. Втора на листата најпрофитабилни банки за 2016 година е НЛБ Банка, со добивка од 25,7 милиони евра, што е дури 89,8% повеќе отколку во 2015 година. Банката бележи зголемување на нето каматните приходи за 12,2% споредено со истиот период од претходната година, при што приходите од камати се повисоки за 5,3%, главно поради повисока состојба на кредити од население при пониски каматни стапки како и повисоки инвестиции во хартии од вредност. Расходите по камати се пониски за 12,7%. Билансот на успех на НЛБ покажува раст и на приходите од провизии за 2,8 како резултат на остварен пораст во доменот на картичното работење, повисоки приходи од платен промет во земјата, како и поради повисоки приходи од зголемениот број на


“...and OMEGA is the watch that went to the Moon.”

GEORGE CLOONEY’S CHOICE #moonwatch AVAILABLE AT :

ул. Македонија бр. 29.


www.kapital.mk

Капитал број 907 17.03.2017

14

COVER STORY

трансакциски сметки, електронско банкарство и лично банкарство и повисоки приходи од провизии од продажба на полиси. Со добивка од 12,6 милиони евра меѓу најпрофитабилните банки е Комерцијална банка. Профитот на оваа банка е зголемен за 48,4% споредено со 2015 година. Вкупните приходи од работењето изнесуваат 76,2 милиони евра и бележат зголемување од 2,7% во однос на минатата година. Нето приходите од камата претставуваат основна компонента во формирањето на вкупните приходи од работењето и се намалени за 3,1% а планот е исполнет со 97,2%. Намалени се и нето приходите од провизии и надоместоци коишто изнесуваат околу 14 милиони евра и планот е остварен со 95,6%. Кај Комерцијална банка, растат нето приходите од курсни разлики каде што планот е остварен со 122,3%, и останатите приходи од работењето на Банката кои бележат зголемување од 66,4% главно како резултат на повеќе наплатени претходно отпишани побарувања и остварена поголема капитална добивка од продажба на преземен имот по основ на ненаплатени побарувања споредено со минатата година. Големата четворка во банкарскиот сектор ја заокружува Охридска банка која што во 2016 година направи профит од речиси 7,1 милиони евра, што е 8,9% повеќе отколку во 2015 година. Нето приходите од камати на крајот од декември 2016 година изнесуваат 18,8

милиони евра и забележуваат пораст од 16,6% во споредба со 2015 година со реализација над планот од 11,5%. Во анализираниот период, нето приходите од провизии и од надоместоци се зголемени за 3,1%, со реализација на планот од 87,3%. Нето приходите од курсни разлики се зголемени за 2,8% во споредба со истиот 2015 година, со реализација над планот за соодветниот период од 19%. УНИ Банка минатата година ја заврши со добивка од 2,3 милиони евра што споредено со 2015 година е зголемување за 74,9%.

ТТК Банка во 2016 година оствари добивка од речиси 1,4, и во споредба со 2015 година е зголемена за 119,5%. Стопанска банка Битола во 2016 година има добивка од приближно половина милион евра. Најмала добивка од банките кои што доставуваат финансиски извештаи до Берзата, лани оствари Централна Кооперативна банка, од само 20 илјади евра, меѓутоа значајно е тоа што оваа банка ги надмина загубите карактеристични од претходните години. nnn

Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

www.kapital.mk

ПОКАНА На 1 јуни 2017 година (четврток) во просториите на НБРМ, на 8. кат, со почеток во 14 часот, ќе се одржи 25. сесија на Клубот на истражувачите. Доколку сакате да го презентирате Вашиот работен материјал на оваа сесија на Клубот на истражувачите, Ве молиме да нè известите најдоцна до 15 мај 2017 година (понеделник). Се надеваме дека ќе предизвикаме интерес кај Вас и кај Вашите колеги за учество на Клубот на истражувачите. Ве молиме да го потврдите Вашето присуство на оваа сесија на Клубот на истражувачите најдоцна до 31 мај (среда) 2017 година на тел. +389 2 3298 505; електронска пошта: marketing@kapital.com.mk Напоменуваме дека зачленувањето во Клубот е од отворен карактер, за што подетаљни информации можете да видите на следнава врска: www.nbrm.mk/Клуб на истражувачи.



Капитал број 907 17.03.2017

16

www.kapital.mk

STARTUP

ЗАПОЗНАЈТЕ ГО STAYUNCLE

МАКЕДОНЕЦ СО СВОЈОТ СТАРТАП ПРАВИ БИЗНИС И РУШИ ТАБУА ВО ИНДИЈА

Во конзервативното индиско општество, стартапот StayUncle во кој што ко - основач и главен за маркетинг е Блаже Аризанов од струмичко Борисово, им помага на љубовните двојки да си најдат хотелска соба за интимно дружење.

БОГАТСТВО: “ИНДИЈА ИМА НЕВЕРОЈАТЕН МИКС ОД ТРАДИЦИИ, КУЛТ


www.kapital.mk

Капитал број 907 17.03.2017

17 Приказната за StayUncle стигна и на порталите на BBC, Business Insider, Huffington Post…

пишува:

Игор Петровски

В

igor.petrovski@kapital.mk

Во Индија не е лесно да си двојка која што сака малку приватност. Во земја каде што традиционалното договарање бракови сè уште е секојдневие, можноста на младенците да поминат некое време заедно пред официјалната венчавка знае да биде невозможна мисија. А, и оние што ја имаат среќата слободно да си фатат момче или девојка, исто така имаат проблем со наоѓањето простор за интимност. И покрај брзиот економски раст последниве две децении, во оваа огромна земја со безмалку 1,3 милијарди жители, сè уште многу млади живеат под исти кров со своите големи семејства и тешко може да обезбедат простор за дружба со своите партнери. StayUncle е стартап што си зададе мисија да им ги реши овие проблеми на Индијците. Компанијата им помага на двојките да најдат соба во пристојни хотели, за 12 - часовно изнајмување. Може да резервирате утрински или вечерен термин. StayUncle во моментов е вистински хит во

земјата, има договори со хотели од 30-тина града и секојдневно се шири, а прометот им расте по 20% месечно. А, “мозокот“ за маркетинг на овој брзорастечки стартап е никој друг, туку струмичанецот Блаже Аризанов. Во Индија дошол пред шест години, како практикант преку студентската организација AIESEC, не ни сонувајќи дека еден ден со бизнис идеја ќе ги руши културолошките табуа во ова општество со пребогата историја. “А, токму тоа го правиме ние со StayUncle - со помош на контроверзни маркетинг кампањи влијаеме врз промена на свеста на луѓето овде. Сфативме дека потребата за слободно изнајмување соби од страна на индиските двојки е голема и решивме на пазарот да му го понудиме тоа што го бара“, вели Аризанов.

Брканици по улиците на конзервативната Индија

Денес StayUncle е многу популарен меѓу младите во Индија, но не остава рамнодушен никого. Социјалните мрежи се вжештуваат од полемиките меѓу поддржувачите на нивниот бизнис модел и конзервативците што од петни жили се противат на “ересот“ и “сквернавењето“ на традиционалните општествени норми и вредности. Приказната за StayUncle дојде и на веб порталите на светските гиганти BBC, Huffington Post, Business Insider… Всушност, како што ни раскажа Блаже, токму сторијата за нив објавена во еден влијателен медиум им донела пресвртница

во кариерите и животот нему и на неговиот бизнис партнер, односно ко - основач на стартапот, Санчит Сети. “Пред околу една година, индиското издание на Quartz, медиум фокусиран на дигитални платформи, основан од поранешни новинари на WSJ, NYT, Bloomberg, итн., објави сторија за нас, благодарение на тоа што нивни дописник од Њу Делхи доби промотивен материјал од нас буквално на улица, додека се боревме секојдневно со герила маркетинг кампањи да го популаризираме StayUncle. Тој се заинтересира, дојде со нас да разговара, и откако го објави написот, доживеавме вистинска експлозија на интересот за нас. Телефоните почнаа да ѕвонат како луди, социјалните мрежи се збудалеа, а јас пак, неколку дена претходно му бев кажал на Санчит дека не можам повеќе да издржам, дека не знам повеќе што да направиме за да тргне работата. И одеднаш, тој ми се јавува и ми вели, доаѓај Блаже брзо, не можам сам да постигнам “, со насмевка се присетува Аризанов на тие денови. Тој ни раскажа дека шест месеци пред оваа пресвртна точка се мачеле да заинтересираат некој од индиските хотели да влезе во нивната шема за изнајмување соби на двојки. Санчит бил задолжен за комуникација со нив, додека Блаже се грижел за промоција во јавноста, кампањите на социјалните мрежи и другите маркетиншки активности. Но, им успевало, едвај 1-2 од 10 контактирани хотели да заинтересираат за нивната

ТУРИ И РЕЛИГИИ, НО И НЕВИДЕН ПОТЕНЦИЈАЛ ЗА ПРАВЕЊЕ БИЗНИС“


www.kapital.mk

Капитал број 907 17.03.2017

18

STARTUP

КАКО БЛАЖЕ ОД СТРУМИЧКО БОРИСОВО СТАНА ПРЕТПРИЕМАЧ ВО ЊУ ДЕЛХИ

“ИНДИЈА МИ ОТВОРИ СОСЕМА НОВ ПОГЛЕД НА ЖИВОТОТ“

Б

лаже Аризанов е неверојатно интересен лик. Со вечната насмевка и позитивната енергија што ја зрачи, не може да ве остави рамнодушни. Деновиве престојува во Македонија, по подолго време вратен од Индија да се види со блиските, а одвои неколку часа за Капитал, да ни ја раскаже својата приказна. “Роден сум во земјоделско семејство и моите, за да не се мачам демек на нива, решија да ме пратат школо да учам, па завршив Економски факултет во Прилеп, некаде 2010 година. Бев солиден студент, испити полагав во рок, а бидејќи бев зачленет во меѓународната студентска организација AIESEC, сакав да искористам и јас од можностите за пракса во странство што се нудеа преку неа. Но, бев многу разочаран кога мојата апликација ја одбија околу педесетина европски компании и организации“, вели Аризанов Во меѓувреме бил избран и за програмата за обука во една од македонските банки, која што требало да трае шест месеци, а тој после првите три месеци не ја поминав евалуацијата и не добил можност да ја доврши обуката. “Не се вклопував во корпоративните стандарди, нон - стоп нешто прашував, се бунев, едноставно, стрчев во средината. Моите кога дознаа се фатија за глава, ми рекоа, аман заман синко, вака ќе пропаднеш во животот, ги фати паника луѓето. За да се смирам малку отидов во Италија да поработам и да учам јазик неколку месеци, и тогаш добив покана за пракса во индиска компанија, преку AIESEC. Јас и претходно добивав покани за таму, но не им обрнував внимание, затоа што Индија ми се чинеше онлајн платформа, а бидејќи немале пари за посериозен маркетинг, самите по улиците делеле летоци, носеле маички и табли со написи од типот “На двојките им треба соба, а не осуда“ и сл., викале гласно, итн., и често се доведувале во ситуации да бидат бркани и физички напаѓани од насилници “загрижени“ за моралот во општеството. “Нè апсеше и полиција, сешто имавме доживувано. Се селевме од стан во стан, затоа што ни доаѓаа и дома да не вознемируваат, едноставно бевме загрижени за својата безбедност. И

некако нестварно, премногу далеку, премногу предрасуди имав за оваа земја. Сега, бидејќи бев во една чудна ситуација, се чувствував отфрлен од ‘мојата Европа’, па си реков, ајде да видам што има во Индија“, се смее Аризанов. Таму поминал една година во ИТ компанија на пракса, искуство што го опишува како катастрофално. “Ниедно мое очекување не се исполни. Ниту квалитетна пракса добив, ниту менторство, ниту имав пари за да живеам некаков нормален живот, ништо. Потоа најдов работа со целосно работно време и плата во друга ИТ компанија, каде што предводев тим за дигитален маркетинг. Сега ми беше подобро, но ме тиштеа други работи. Просечна ИТ компанија во Индија изгледа мизерно: луѓето работат по 15 часа на ден, ниско платени, условите се како во некаков sweat shop. Моите морални принципи се косат со такво третирање на луѓето, и јас постојано нешто се бунев и денес, иако табуата пополека се кршат и сè поголем број на двојки резервираат хотелски соби, борбата со ‘идеолошките’ противници не престанува, напротив, се разгорува, затоа што и медиумската експонираност сега ни е многу поголема“, вели Аризанов.

И бизнис ангелот го кандисаа да сменат бизнис концепт

Интересно е што StayUncle на почетокот не бил воопшто замислен како платформа што ќе им помага на двојките да најдат

добивав одговори дека таков е бизнисот, дека јас не може сè розево да гледам и сл. Сфатив дека тоа што јас сакам да го направам во смисла на бизнис, можам само преку сопствен стартап, и така решив да ја напуштам работата. Неколку месеци не работев ништо, шетав малку, трошев од тоа што имав заштедено, проучував источна филозофија, хиндуизам и будизам, бев на Тибет. Нивната филозофија ми отвори сосема нови погледи на животот, чувствував дека моето доаѓање во Индија мора да има некаква цел, дека јас едноставно не смеам да се вратам назад во Македонија без да направам нешто, а ни самиот сè уште не бев свесен што ќе биде тоа. Тогаш, есента, 2015-та, го сретнав Санџит на една конференција за стартапи, тој ми ја презентираше идејата за StayUncle, енергиите некако ни се поклопија и тргнавме заедно на патешествието. И еве, јас сè уште сум во Индија, StayUncle стана тоа што стана, а Господ знае што ќе се случува понатаму, хаха “. соба. Идејата на Санчит Сети - човекот што всушност го има основано стартапот, а подоцна Блаже му се придружува откако се запознале во 2015-та на една технолошка конференција во Њу Делхи била StayUncle да биде онлајн место каде што хотелска соба на само неколку часа ќе може да изнајмат оние што престојуваат во некој град покусо време, се транзитни патници и сл. “Санчит сметаше дека тука има пазарен потенцијал, затоа што на луѓето често им е прескапо да резервираат соба за цел ден,

УПОРНОСТ: НА STAYUNCLE МУ ТРГНА ПО НЕКОЛКУ НЕУСПЕШНИ ОБИДИ



www.kapital.mk

Капитал број 907 17.03.2017

20

STARTUP

Денес StayUncle (Санчит и Блаже се трет и четврт од лево) има десетина членови на тимот, а бизнисот секојдневно расте Блаже Аризанов го запознал својот бизнис партнер Санчит Сети на една конференција за технологија во Њу Делхи

а немаат реално потреба за тоа. Мене ми се виде интересна неговата идеја, неговата посветеност и позитивна енергија ми беа фасцинантни и решив да му се придружам. Но, слабо ни одеше, по сè изгледа бизнис идејата не решаваше толкав проблем колку што ние мислевме. А, во меѓувреме, добивавме барање од невенчани или љубовни двојки да ставиме опција и за изнајмување соби специјално за ваков тип клиенти. Но, ние не им обрнувавме толку внимание, особено Санчит, кој што како роден Индиец, традиционално воспитуван, не можеше да прифати толку ‘авангардна’ идеја.“, вели Аризанов. Во моментот кога биле тотално исцрпени, и финансиски и физички, за среќа добиле и инвестиција од 30.000 евра од страна на Аџај Накви, исто така Индиец, со богата меѓународна кариера во познати брендови како Cоca – Cola, Airbnb, итн., во тоа време стациониран во Романија. Тоа малку го подбутнало бизнисот нагоре, можеле да инвестираат малку повеќе во маркетинг и сл., но сепак ефектите никако не станувале повидливи. И кога веќе и парите од бизнис ангелот се потрошиле, Блаже повторно запнал да пробаат со поинаков концепт, да го почнат тоа со собите за двојки. “По бурни расправии, натегања, и со

Санџит и со Аџај, некаде во почетокот на минатата година почнавме со нов концепт, нов вебсајт, но со истото име. И повторно не одеше како што треба, сè до моментот кога Quartz ја објави сторијата за нас. Оттогаш, сè е како сон за нас. Сега имаме постојан пораст на побарувачката, хотели сами нè бараат, добиваме покани за настап на разни конференции за стартапи и сл.,

но и многу предизвици се пред нас, затоа што добиваме и конкуренција, сега и други видоа дека има потенцијал за овој пазар. Периодов активно работиме на пазарот за капитал да добиеме и инвестиција од некој венчр фонд или бизнис ангел, затоа што ни се потребни посериозни пари, околу 5 милиони долари за да се прошириме на стотина градови во Индија“. nnn



СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

ЖЕНИТЕ ВО БИЗНИСОТ

31 МАРТ

2017

Иако неоправдано потценети и запоставени - за што досега многу сме пишувале (причини, фактори, решенија...) - жените низ голем број примери од домашната пракса се покажале како еднакви, често и поуспешни бизнис лидери од своите машки колеги. Во специјалниот прилог “Жените во бизнисот “ ќе се позанимаваме токму со овие своевидни хероини на македонската економија: основачи или сопственици, а неретко и двете; претприемачи; главни или секторски менаџери; секакви профили на деловни жени кои што во растот и развојот на компаниите што ги поседуваат или работат во нив придонеле со парче од својата душа и срце. Во “Жените во бизнисот“ ќе може да прочитате:

l КОЈА Е КОЈА: НАЈУСПЕШНИ ЖЕНИ БИЗНИСМЕНИ ВО МАКЕДОНИЈА СПОРЕД КРИТЕРИУМИТЕ НА КАПИТАЛ l раст и развој на компаниите l пробив на странски пазари l иновативни продукти и процеси во бизнисот l придонес во развој на заедницата l ПРЕТСТАВУВАМЕ “ЛИДЕРИ ОД СЕНКА“: МЕНАЏЕРКИ ШТО НЕ СЕ СОПСТВЕНИЦИ НА БИЗНИСОТ, НИТУ НА CEO ПОЗИЦИЈА, НО ПРЕДВОДЕЈЌИ НАЈРАЗЛИЧНИ СЕКТОРИ HR, маркетинг, финансии, PR, итн. СО СВОЈАТА СПОСОБНОСТ СЕ ДОКАЖАЛЕ КАКО ЕДНИ ОД КЛУЧНИТЕ ФИГУРИ ЗА РАЗВОЈОТ И УСПЕХОТ НА КОМПАНИИТЕ ВО КОИ ШТО РАБОТАТ l КАКО МАКЕДОНСКИТЕ ЖЕНСКИ БИЗНИС ЛИДЕРИ ГО МЕНАЏИРААТ УСПЕХОТ: СОВЕТИ ЗА КАРИЕРАТА И БАЛАНСИРАН ЖИВОТ ОД ПРВА РАКА l ЗАПОЗНАЈТЕ ГИ НАЈМОЌНИТЕ ДИРЕКТОРКИ ВО РЕГИОНОТ И СВЕТОТ, СПОРЕД РАНГИРАЊАТА НА НАЈПРЕСТИЖНИТЕ БИЗНИС МЕДИУМИ НА ПЛАНЕТАВА Капитал, традиционално во специјалните прилози, ви нуди можност и за комерцијална презентација на успешните приказни на жените лидери, за што нашиот продажен тим подготви различни пакети.

Повеќе информации во врска со прилогот и за претставување во истиот можете да добиете на е-мail: marketing@kapital.com.mk l gordana.mihajlovska@kapital.mk или на телефонскиот број ++ 389 2 3298 505

ЛИЦE ЗА КОНТАКТ:

ГОРДАНА МИХАЈЛОВСКА


ГИ ГРАДИМЕ ВАШИТЕ СОНИШТА РАПИД БИЛД е градежна компанија која изведува објекти од секаков вид и тоа: станбени, деловни, индустриски објекти, магистрални гасоводи комплет со блок станици и главно мерно регулациони станици, атмосферски и фекални канализациони системи, патна инфраструктура со придружни објекти (подпатници, надпатници, пропусти, клучки), реконструкции, доградби итн. Главната одлика на компанијата е брза, квалитетна и современа изведба, која се должи на користење на најсовремена опрема и материјали за градба, имплементирање на светските стандарди за квалитет и менаџмент, како и поседување на тим составен од високо-професионален и стручен кадар. Во реализација на работите во областите на својата дејност секогаш ја запазува техничката регулатива, ги запазува етичките и стручни стандарди на оваа професија, а со своето работење го застапува интересот на својот инвеститор во рамки на законските прописи, интересот на општеството и угледот и репутацијата на професијата и професионалноста.

www.rapidbild.com.mk


www.kapital.mk

Капитал број 907 17.03.2017

24

КАПИТАЛ АНАЛИЗА

НЕВРАБОТЕНОСТА СЕ НАМАЛУВА ДВОЈНО ПОБРЗО, ОТКОЛ

КОЈ ВРАБОТУВА ВО М пишува:

С

Биљана Здравковска Стојчевска biljana.zdravkovska@kapital.mk

Статистиката измери дека невработеноста во Македонија, и покрај тоа што земјата е во политичка криза повеќе од две години, падна на историско најниско ниво. Според Анкетата за работна сила, која ја подготвува Државниот завод за статистика, стапката на невработеност во четвртиот квартал од 2016 година падна на 23,1%. Тоа досега најниска стапка на невработеност во Македонија. На што се должи ова намалување на невработеноста? Дали македонската економија навистина го надминува еден од најголемите структурни проблеми? Дали македонската индустрија конечно почна да вработува и да го зголемува производството? Дали новите работни места кои ги создаваат странските инвеститори го менуваат македонскиот пазар на работна сила? Или, пак, ова намалување е резултат

Аналитичарите посочуваат дека постојат многу нелогичности во статистиките за вработување. На пример, бројката од 731.107 вработени која е добиена според Анкетата на работната сила е драстично поразлична од бројот на вработени кои се регистрирани во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, каде се регистрирани 560.000 пензиски осигуреници, а бројот на вработени за кои се плаќа пензиски придонес изнесува 509.844. Тоа значи дека за околу 50 илјади вработени не се плаќаат придонеси.

на дарежливите субвенции кои државата ги дава за вработување? Капитал ги анализираше бројките за вработеноста и невработеноста во Македонија во изминатите пер години, и консултираше повеќе експерти за подобро да објасниме на што се должат овие трендови и да дадеме одговор кој вработува во Македонија.

Најмногу вработувања има во трговијата

Според последните податоци на Државниот завод за статистика, добиени од Анкетата на работна сила, во Македонија има вкупно 731.107 вработени, што е зголемување од 25 илјади за само една година. Тоа е рекордно досега годишно зголемување на бројот на вработени во Македонија. Во 2015 година, на пример, имаше годишно зголемување на

бројот на вработување за 15 илјади лица, додека во изминатите години вработеноста годишно се зголемувала од две до максимум 8 илјади лица. Статистиката покажува рекордно намалување и на бројот на невработени, кој се намалува повеќе отколку што се зголемува бројот на вработените. Така, вкупниот број на невработени на лани е намален за 29.785 лица, со што на крајот на 2016 година вкупниот број на невработени во Македонија се намали на 219.148. Тоа е исто така рекордно годишно намалување на невработеноста. Колку за споредба во 2015 година на Овие бројки покажуваат дека лани бројот на невработени е намален повеќе отколку што се отвориле работни места. Ако се анализира вкупниот број на врабо-

НЕЛОГИЧНИ БРОЈКИ: СТАТИСТИКАТА БРОИ 731.107 ВРАБОТЕНИ, А


www.kapital.mk

Капитал број 907 17.03.2017

25

ЛКУ ШТО РАСТЕ БРОЈОТ НА ВРАБОТЕНИ

МАКЕДОНИЈА? тени од Анкетата, 563.712 се вработени во приватниот сектор, а околу 167.395 се вработени во државниот сектор. Ако се гледа по индустрии најголем број од вработените лица 136.475 или 19% од вкупно вработените работат во преработувачката индустрија. Втора дејност со најмногу вработени е земјоделието, каде се вработени 121.068 луѓе или дури 16,5% од вкупниот број на вработени во земјава. Во трговијата на големо и мало, пак, лани работеле 109.065 луѓе, што е 15% од вкупно вработените во земјава. Јавната управа и одбраната се четврта дејност која најмногу вработува, каде на крајот на 2015 година работеле 53.750 луѓе, или 7,35% од вкупно вработените. Интересни податоци се одбиваат ако се спореди и анализира како се движел бројот на вработени во овие дејности во споредба со претходната 2015 година, но и во изминатите пет години. На пример, бројот на вработени во преработувачката индустрија во споредба со претходната 2015 година е зголемен за 876, што е исклучително мал пораст. Ако бројот на вработени во преработувачката индустрија лани се спореди со бројот на луѓе кои работеле во оваа дејност во 2012 година, тогаш излегува дека за периодот од пет години во преработувачката индустрија

се отворени вкупно 14.794 работни места. Ако се земе предвид дека во преработувачката индустрија влегуваат речиси сите вработувања во фабриките кои ги отворија странските инвеститори во зоните, тогаш зголемувањето на бројот на вработени во оваа дејност од неполни 15 илјади за само пет години е многу мал и упатува на заклучок дека освен зголемените вработувања кај странските инвеститори, во останатиот дел од компаниите од преработувачката индустрија има постојано намалување на вработеноста и отпуштања на работници. Уште еден поразителен заклучок се добива ако зголемувањето на бројот на вработени во преработувачката индустрија за пет години од помалку од 15 илјади се спореди бројот на вработени во јавниот сектор, кој за пет години е зголемен за близу 9 илјади лица. Годишен пад на вработувањата има и кај земјоделието. Лани бројот на вработени во земјоделие за само една година е намален за дури 2.400. Бројот на вработени во земјоделието лани е најмал во изминатите четири и се намалува четврта година по ред. Најголемо зголемување на бројот на вработени и годинава има во трговијата. Лани во трговијата биле вработени 109.284 лица, што е годишно зголемување од околу 6.800 за само една година. За потсетување во 2015 година бројот на вработени во

Невработеноста во Македонија се намалува двојно побрзо отколку што се отвораат работни места. Според Анкетата за работна сила што ја објави Државниот завод за статистика, лани бројот на невработени се намалил за рекордни 30 илјади, додека во истовреме бројот на вработени се зголемил за неполни 15 илјади. Ако се знае дека од ова зголемување на работни места само 876 биле во преработувачката индустрија, а речиси 7 илјади во трговијата, лесно се доаѓа до заклучокот дека невработеноста се намалува главно заради субвенциите за самовработување и разните програми за вработувања на власта, финансирани од државниот буџет.

трговијата се зголеми за дури 13.453 само за една година. Ако се спореди со вкупното зголемување на бројот на вработени кој лани изнесувал 14.500, излегува дека дури половина се токму во трговијата. Имeно, од 2012 до 2016 година во трговијата се отвориле вкупно 16.323 работни места, што ја прави трговијата област во која има најмногу отворено работни места. Според експертите, зголемувањето на вработувањата во трговијата се резултат на владините субвенционирани вработувања. Според експертите, намалувањето на невработеноста се должи во еден дел на генерираните нови работни места, главно од странските фабрики, а во поголем дел се должи на субвенционираните вработувања, на млади и повозрасни лица. Според нив, во најголем дел случаи станува збор и за формализација на постојни работни места, што се случува заради субвенциите кои ги нуди владата. Тоа јасно го покажуваат и бројките, според кои, на годишно ниво, падот на невработеноста е најголем во секторот трговија, што е најкарактеристичен сектор по неформални вработувања, односно сива економија. Податоците од Агенцијата за вработување покажуваат дека владините политики за поттикнување на вработувањето во периодот од 2007 година, од кога се

А ФОНДОТ ЗА ПЕНЗИСКО 560 ИЛЈАДИ ОФИЦИЈАЛНО ВРАБОТЕНИ


www.kapital.mk

Капитал број 907 17.03.2017

26

КАПИТАЛ АНАЛИЗА

спроведуваат годишните оперативни планови за активни програми и мерки за вработување, отворени се околу 47,000 работни места. Овие вработувања се реализирани како резултат на активните програми и мерки за вработување, како што се самовработување, субвенционирање, различни програми кои водат до подигање на вештините на невработените лица заради нивно побрзо вработување, како обуки, практикантство, обуки за напредни ИТ вештини и др. На пример, со програмата „Самовработување“ од 2007 до 2015 година се регистрирани 7.722 нови правни субјекти, а се вработени 7.912 лица. Со „Самовработување со кредитирање“ од 2008 година се регистрирани 3.595 нови правни субјекти, вработени се 5.625 лица, од кои 1.327 се индивидуални земјоделци. Со програмата „Субвенционирано вработување“ од 2007 година се постигнати 5.937 нови вработувања. Во изминатите три години со проектот Македонија вработува и Вработување на млади лица до 29 години, креирани се над 22.000 работни места.

Нелогични бројки ?!

Но, и покрај тоа, анализата и споредбата на податоците за вработеност и невработеност од различни институции покажуваат дека работењето на црно во Македонија се уште е многу големо. На пример, податоците за вработеност и невработеност кои се објавуваат Анкетата за работна сила пресметани според податоците за работоспособно население според последниот попис направен во 2002 година. Па така во оваа Анкета се наведува дека во Македонија 1,7 милиони луѓе, а од нив 950 илјади се активно население. Аналитичарите посочуваат дека постојат многу нелогичности во статистиките за вработување. На пример, бројката од 731.107 вработени која е добиена според Анкетата на работната сила е драстично поразлична од бројот на вработени кои се регистрирани во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, каде се регистрирани 560.000 пензиски осигуреници, а бројот на вработени за кои се плаќа пензиски придонес изнесува

2009 Активно население

928.775

Вработени

629.901

Невработени

298.873

Стапка на вработеност

38,40%

Стапка на невработеност

32,20%

Стапка на активност

56,70%

Вкупно работоспособно население

509.844. Тоа значи дека за околу 50 илјади вработени не се плаќаат придонеси. Она што не е јасно е како е можно да има 731.107 вработени, а придонеси за пензиско осигурување да се плаќа само за 509.844 вработени, односно како овие луѓе земаат плата без за нив да се плати придонеси, што е оневозможено откако Македонија во 2009 година го воведе принципот на бруто плата. Најлогичното објаснување на економистите е дека оваа разлика од околу 50 илјади луѓе се вработени во сивата зона, бидејќи секој официјално вработен мора да биде пријавен во Фондот за пензиско и за него мора да се плаќаат придонеси. Оттука се поставува дилемата дали оваа бројка од 731 илјади вработени, врз основа на која се пресметува и стапката на невработеност, е нереална? Ако е така, тогаш стапката на невработеност е многу поголема отколку што ја прикажува официјалната статистика. Но, за ова тврдење на да биде докажано ќе треба експертите и институциите да дадат објаснување и поткрепа на бројките кои ги објавуваат. Колку за објаснување, бројката од 731.107 вработени е добиена според Анкетата за работна сила, која се подготвува според признаена методологија на Меѓународната

1.638 869

организација на трудот (ИЛО). Анкетата се изработува врз основа на анкетирање на околу 5 илјади домаќинства и нивните членови на возраст од 15 до 79 години. Според оваа Анкета, која се прави секој квартал, вработен е секој што се изјаснил дека во текот на една работна недела работел барем еден час и за тоа добил некаков надомест. Но, за Анкетата за работна сила да биде точна и репрезентативна, неопходни се точни податоци за бројот на населението во Македонија. Со оглед дека Македонија нема направено попис од 2002 година, ретко кој статистичар верува дека и податоците за бројот на активно и работоспособно население се реални, посебно заради фактот што во изминативе 15 години има големо иселување од Македонија.

Иселувањето ја намалува и невработеноста?!

По објавувањето на бројките за историски најниска невработеност, се погласни се дебатите дека невработеноста се намалува заради забрзуваното иселување од Македонија. Вистина е дека никој точно не знае колку луѓе има во Македонија., Оттука, сите експерти кои ги консултиравме велат дека без попис не може точно да се одреди колку


www.kapital.mk

Капитал број 907 17.03.2017

27

2016 2010

2011

2012

2013

2014

2015

938.294

940.048

943.055

956.057

958.998

954.924

(IV квартал) 950.255

637.855

645.085

650.554

678.838

690.188

705.991

731.107

300.439

294.502

292.502

277.219

268.809

38,90%

39,00%

40,60%

41,20%

248.933 42,10%

219.148

38,70% 32,00%

31,40%

31,00%

29,00%

28,00%

26,10%

23,10%

56,90%

56,80%

56,50%

57,20%

56,60%

1.648.522

1.656.215

1.669.965

1.672.460

57,30% 1.673.494

56,60% 1.679.290

намалената невработеност се должи на намалениот број на население кое живее во Македонијa, заради се помасовното иселување од земјата. Пред неколку месеци Еуростат објави дека во последните 13 години од Македонија си заминале 230 илјади граѓани, кои имаат регулиран престој во странство. Но, тој број сигурно е поголем бидејќи има и иселени кои живеат во странство без регулиран

1.676.659

43,50%

престој. Според Марјан Петрески,професор на Американ Колеџ таков заклучок може да се изведе така лесно, бидејќи едно невработено лице кое би се иселило, излегува и од невработените и од активните лица. “Бидејќи стапката на невработеност е количник од тие две категории, произлегува дека иселувањето нема значајно да влијае

Според експертите, намалувањето на невработеноста се должи во еден дел на генерираните нови работни места, главно од странските фабрики, а во поголем дел се должи на субвенционираните вработувања, на млади и повозрасни лица, а во најголем дел случаи станува збор и за формализација на постојни работни места. “Бројот на вработени во преработувачката индустрија лани е зголемен само за 876 лица. Ако се земе предвид дека во преработувачката индустрија влегуваат речиси сите вработувања во фабриките кои ги отворија странските инвеститори во зоните, тогаш малото зголемување на бројот на вработени во оваа дејност, упатува на заклучок дека освен зголемените вработувања кај странските инвеститори, во останатиот дел од компаниите од преработувачката индустрија имало намалување на вработеноста и отпуштања на работници.

на тој количник. Сепак, ако методолошки, пресметувањето на бројот на невработени и бројот на активни од ниво на анкета на ниво на популација се разликува, тогаш има простор иселувањето да влијае врз стапката на невработеност на статистички значаен начин. Затоа, за да ова се разреши, мора да спроведеме попис. Ниедна анкета не може да биде замена за податоци добиени со попис”, вели Петрески. nnn


They say diamonds are forever… and so is an MBA!

Enjoy the most Valuable classroom experience – real life Harvard Business School case studies, business simulations and participant centered learning that enhance your strategic decisionmaking skills and critical thinking

a Rare opportunity to learn alongside esteemed professionals in order to build an extensive and exclusive network of useful contacts which could lead to new business opportunities The most Desirable and sought after degree in the world by employers, entrepreneurs and future leaders

World-class curriculum that applies a global outlook on current issues, taught by international faculty from top –tier schools with a rich portfolio of expertise

A brilliant cut to fit your demanding work schedule and maintain your work – life balance, giving you more flexibility to acquire the skills and experiences to fulfil your career objectives

Access to the Highest Quality internationally accredited degree by the Accreditation Council for Business Schools and Programs (USA) created as a combination of European and American educational standards

So don't lose a diamond, while chasing glitter! Enroll at the UACS MBA program! За повеќе информации: Бул. Трета македонска бригада бр. 60, 1000 Скопје Телефон: + 389 (0) 2 2463 156; 2463 159 Е-пошта: graduate@uacs.edu.mk

www.uacs.edu.mk

UACS SKOPJE

UACSKOPJE

YOUTUBE.COM/USER/UACSKOPJE

UACSKOPJE


СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

ИНОВАТИВНИ ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ

КОЛКУ Е ИНОВАТИВНА МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА: ЕУ ЈА СМЕТА ДРЖАВАВА ЗА “СКРОМЕН ИНОВАТОР“, НО КАЈ БИЗНИСИТЕ СЕ БЕЛЕЖИ ИЗВЕСЕН НАПРЕДОК ДОМАШНА СТАРТАП СЦЕНА: ИНОВАТИВНИ ПРОДУКТИ ЧИЈА ЦЕЛ Е СВЕТСКИОТ ПАЗАР ТРЕНДОВИ ДЕСЕТ ИНОВАЦИИ ШТО ЌЕ ЈА СМЕНАТ КОМПЛЕТНО ИДНИНАТА НА ГЛОБАЛНАТА ЕКОНОМИЈА


Капитал број 907 17.03.2017

30

www.kapital.mk

ИНОВАТИВНИ ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ

БАВЕН НАПРЕДОК НА ИНОВАТИВНОСТА ВО ЕК

МАКЕДОНИЈА СÈ УШ КАСКА ЗАД ЕУ ПРОС

ЛОШО И ДОБРО: НАЈСЛАБИ СМЕ ВО ФИНАНСИРАЊЕТО ИНОВАЦИИ,


www.kapital.mk

КОНОМИЈАТА

ШТЕ СЕКОТ

Капитал број 907 17.03.2017

31

ИНОВАТИВНОСТ ВО АГРОБИЗНИСОТ

ПРОКРЕДИТ ГИ НАГРАДИ НАЈИНОВАТИВНИТЕ КОМПАНИИ

К

адино Индустри Груп за прва лабораторија во Македонија за испитување на хемиски и физички својства на пченицата и брашното, Антхура МК за единствена компанија во нашата земја која користи современи технологии за лабораториско производство на орхидеи, Еуропеан Плантс за уникатен начин на обликување и одгледување на декоративни дрва и растенија и Агрофила за единствен производител на ладно цедено масло кое е термички и хемиски необработено се наградените бизниси од страна на ПроКредит Банка, во рамки на втората конференција на тема ИКТ во агробизнис, што се одржа на 23 и 24 ноември во Скопје. Конференцијата беше организирана од страна на МАСИТ – Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии, ПроКредит Банка и АгФутура Технологии, а присуствуваа преку 200 учесници, бизнис претставници на агро и ИКТ секторот во Македонија, кои преку предавањата на стручните експерти за иновациски системи во земјоделски стопанства и прецизно земјоделство имаа можност да се запознаат со потенцијалот за зближување на овие две индустрии. Преку презентација на успешни приказни за веќе имплементирани ИКТ решенија агро претприемачите се запознаа со предностите кои иновативните технологии ги носат за нивните компании, а ИКТ секторот подетално ги согледа потребите на земјоделската индустрија.

пишува:

Игор Петровски

М

igor.petrovski@kapital.mk

Македонија е скромен иноватор, покажува Европската иновациска матрица (European Innovation Scoreboard – EIS), извештај кој што секоја година ЕУ го изготвува со цел компаративна анализа на иновациските перформанси на нејзините членки, но и на земјите што се надвор од Унијата или се претенденти за членство.

Во најновиот извештај од јули минатата година којшто опфаќа анализи заклучно со 2015-та, Македонија се наоѓа на 34то од 36 анализирани земји, со вкупен иновациски индекс од 0,219, а после неа се само Романија и Украина. Во групата на скромни иноватори освен овие три земји, е уште и Бугарија. Останатите држави на списокот се наоѓаат во групите на умерени иноватори, силни иноватори и иновациски лидери. На врвот е Швајцарија со индекс од 0,791, пред Шведска (0,703), Данска (0,700), Финска (0,649), итн. Во случајот на Македонија добро е што иновациските перформанси растат последниве години , но сè уште се далеку под нивото на просекот на ЕУ за речиси сите индикатори. Споредбено, земјава има најлоши перформанси во делот Финансии и поддршка, а најголем пад во

, А НАЈСИЛНА СТРАНА НИ СЕ МАЛИТЕ И СРЕДНИ ФИРМИ ИНОВАТОРИ


www.kapital.mk

Капитал број 907 17.03.2017

32

ИНОВАТИВНИ ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ

За Македонија добро е што иновациските перформанси растат последниве години но сè уште се далеку под нивото на просекот на ЕУ за речиси сите индикатори. Споредбено, земјава има најлоши перформанси во делот Финансии и поддршка, а најголем пад во перформансите се забележува во областа апликации за патенти. перформансите се забележува во областа апликации за патенти.

Иновациска статистика

Во земја во развој како што е Македонија иновирањето може да се состои од воведување т.е. аплицирање на постоечки бизнис модели, кои се докажано успешни во високо развиените земји, на нашиот пазар. Бројот на брзорастечки старт-ап компании кои постигнале огромен успех во светот е навистина голем, а најголемиот дел од тие бизнис идеи ги нема во Македонија, што е прилика за освојување на пазарот со дотогаш непознат бизнис концепт. Иновацијата сама по себе е трансформација, а во случајот овие успешни модели кои постојат може да воведат значајни промени на домашниот пазар, велат познавачите на приликите во македонската економија и нејзината иновативност. Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на иновативни деловни субјекти во периодот 2012–2014 изнесува 1078. Под иновативни деловни субјекти се подразбираат деловните субјекти кои во периодот на набљудување имаат воведено иновација на производ, процес, организациска или маркетинг иновација. Од вкупниот број на иновативни деловни субјекти, 37.1% имаат воведено иновација на производ и процес, 35.8% имаат воведено организациски и маркетинг иновации, а 19.1% имаат истовремено воведено производ, процес, организациски и маркетинг иновации.

Финансирање на иновативните проекти

Обезбедувањето на кредитот е најголемиот проблем што го имаат компаниите што се на својот почеток и немаат кредитна историја или пак имот со кој што може да гарантираат кај комерцијалните банки за бараниот кредит. Нивниот најголем капитал во моментот е самата идеја, за која што е многу тешко да најдат финансиер, а кој што не доаѓа од редовите на нивните блиски,

ИНОВАТИВНИ МАКЕДОНСКИ СТАРТАПИ

На крајот од јануари годинава, Фондот за иновации и технолошки развој додели признанија за извонредност на девет стартапи кои што успешно ги завршиле проектите поддржани од неговите програми за финансирање. Досега се поддржани 37 компании со вкупно 1,5 милиони евра. Ги претставуваме накратко наградените стартапи, за некои од нив сме пишувале досега, за другите допрва ќе пишуваме. Марси Електросистеми, Охрид

Оваа компанија произведува контролни системи за печки на пелети, за кои веќе има интерес на странски пазари.

Vapour Apps

Ова е приватен клауд за средни компании. Според директорот Љупчо Вангелески, таргет се странски пазари и се пред лансирање на втора, подобрена верзија на оваа платформа.

Clicon

Социјална мрежа за бизниси, во која домашните компании можат да се зачленат, да комуницираат и разменуваат документи со други компании.

Smartech

Систем за менаџмент со електрична енергија за индустриски компании. Професор Живко Кокалански вели дека веќе успешно се имплементира во три компании. Крајна цел и ефект е заштеда на електрична енергија.

Хас инженеринг

Паметни системи за интелигентно управување во домот, при што опфаќа на греење, ладење и климатизација. Станува збор за целосно домашен хардвер и софтвер.

Дарис Инженеринг

Компанијата која го произведува првиот паметен громобран Веда Тотал. Имплементиран е во повеќе од 30 објекти во земјава, а сопственикот Петре Ристески, веќе има голем интерес за производот од други земји.

Esenso

Платформа за маркетирање на производи и услуги од областа на smart уреди и Internet of things.

PrymApps

Платформа за правење истражувања на пазар, која веќе активно се користи од страна на една домашна компанија и УНДП во Македонија.

Embed Social

Македонска платформа за маркетинг, преку која маркетинглуѓето можат да испраќаат пораки за нови промоции и производи.

ПРОСЕК: 19% ОД ФИРМИ ИМААТ И ПРОИЗВОДНА И ПРОЦЕСНА ИНОВАЦИЈА



www.kapital.mk

Капитал број 907 17.03.2017

34

ИНОВАТИВНИ ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ

НАЈИНОВАТИВНИТЕ КОМПАНИИ ВО СВЕТОТ Од 10-те најиновативни компании дури шест се од САД, а од 50-те најиновативни компании 34 се американски.

А

мериканската доминација во областа на иновациите се зголемува, а водечките компании во светот се поактивно ги следат иноваторските стратегии, кои ја дополнуваат основната развојна дејност кон други дополнителни насоки. Во 11-то издание на рангирањето на најиновативни компании кое го издава Boston Consulting Group на челното место се наоѓа американската компанија Apple, која е лидер уште од првото издание. Од 10-те најиновативни компании дури шест се од САД, а од 50-те најиновативни компании 34 се американски. Во првите 50 најновативни компании од целиот свет само две се од Кина, производителот на смартфони Xiaomi и производителот на комуникациска опрема Huawei, кои се рангирани на 35 и 46 место. Една од карактеристиките кои се одлика на нај-напредните бзиниси е подготвеноста да побараат иновации и надвор од гранциите на сопствената организација. роднини, пријатели, односно самите тие со некаква своја заштеда и сл. За компаниите што имаат неколкугодишно искуство и докажан бизнис концепт, наоѓањето пари за нивните иновативни проекти е помала главоболка, иако не значи дека во Македонија за нив изворите на финансирање се издашни. Банките нонстоп повторуваат дека пари за

Надминувањето на мантрата “тоа не е изработено тука” може да ја засили предноста на компанијата и да го забрза времето за кое таа стигнува до пазарот”, велат аналитичарите на Boston Consulting Group. Тоа го покажуваат и самите компании, две третини од нив велат дека ќе имаат нови идеипреку внатрешни партнерти. За таа цел многу од компаниите користат big data технологии, инкубатори и различни социјални мрежи. Една од тие компании е Facebook, која во годинешното рангирање го подобрила рејтингот во однос на минатата година и бележи скок на ранг листата од 19 место, и годинава се најде на 9 место на листата на најиновативни компании. Скок од 19 места нагоре има и хемискиот гигант Dupont. Меѓу новите имиња во топ 50 иновативни компании се Uber, кој се рангираше на 17 место, потоа Airbnb кој се најде на 21 место, Expedia која е рангирана на 32 место. Компанијата на иноваторо Илон Маск, SpaceX е исто така ново име на листата на најиновативни компании. Годинава за прв пат на листата како најиновативна компанија се најде и ланецот хотели Hilton, заради иновациите во работењето кои ги воведе во изминатиов период.

добри проекти имаат, и ние сме пишувале многу пати што тоа за нив значи добар проект - пред сè проект што ќе донесе продажба на производот/услугата, ќе гарантира ликвидност на компанијата и навремено враќање на ануитетите. Но, на терен фирмите велат дека банкарите би можеле малку повеќе да влезат во проектно финансирање и да поднесат дел

од ризикот за проект со голем потенцијал за успех, а не само да инсистираат на квалитетно обезбедување. Во меѓувреме, освен банкарските кредити, списокот на потенцијални инвеститори, финансиери и помагачи на иновативни компании и проекти се состои од инвестициски фондови, бизнис ангели, “crowdfunding”, европски фондови... nnn

НЕ(ИНТЕРЕС): ДОМАШНИТЕ ФИРМИ НЕ КОРИСТАТ ПАРИ ОД HORIZON 2020



www.kapital.mk

Капитал број 907 17.03.2017

36

ИНОВАТИВНИ ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ

ТРЕНДОВИ

10

ИНОВАЦИИ ШТО СОСЕМА ЌЕ ЈА ПРОМЕНАТ ИДНИНАТА НА СВЕТСКАТА ЕКОНОМИЈА

Погледнете ја листата на иновации што го направи аналитичкиот оддел на Citibank, а кои што ќе го сменат начинот на кој што размислуваме за економијата.

И

новациите се двигателот на светската економија, и не може да бидеме попродуктивни без новите технологии, стратегии и пазари. Големите иновации креираат економии сами за себе, според Елизабет Курми, аналитичар во Citi Global Perspectives and Solutions. Иновациите како “интернет на нештата“(Internet of things –IoT) и електричните автомобили почнуваат да создаваат свои пазари, но што ќе дојде следно? Аналитичкиот оддел на Citibank подготви листа од 10 иновации што го имаат потенцијалот да го сменат начинот на кој што размислуваме за економијата. Од биотехнологија до енергија, погледнете ги 10-те области кои што имаат најголеми шанси за да бидат “следното големо нешто“.

1

B

Big data во енергијата

ig data е всушност базворд за аналитика на податоци. Big data може да ги промени бизнис моделите на енергетските и комуналните компании. Solar City, Tesla се само дел од компаниите што почнаа да им даваат на луѓето алатки со коишто може самите да си ги задоволат потребите за електрична енергија. Ако овој тренд продолжи, главниот извор на енергија за многумина нема да бидат класичните електрани, туку нивното соседство исполнето со соларни панели. Електродистрибуциските фирми повеќе ќе бидат медијатори кои што ќе користат огромни бази на податоци (big data) со цел да најдат најдобар начин беспрекорно да го снабдувате со струја вашиот дом, без оглед дали изворот ќе бидат соларни панели од кај соседот или нуклеарна централа во близина на градот.

2

З

Контекстуална трговија

емете ги за пример сугестиите од типот “recommended for you“ на Amazon.com и замислете си дека тоа е проширено на вашиот фрижидер, инструмент таблата во кола или смартфонот, па ќе сфатите што е всушност контекстуална трговија (contextual commerce). Таа им овозможува на потрошувачите да купуваат продукти кога и како сакаат. Вашиот фрижидер би можел да забележи дека ви снемува млеко, па ќе ве потсети да купите. Или пак, си разговарате со пријателите на Facebook Messenger околу некоја забава на која треба да одите, а апликацијата ви сугерира да повикате такси или Uber за да стигнете до таму. Овие типови на паметни трговски сугестии ќе бидат секојдневие наскоро и отвораат огромни можности за компаниите што сакаат да допрат до потрошувачите кога тоа ним најмногу им одговара.


www.kapital.mk

Капитал број 907 17.03.2017

37 3

Direct – to – consumer места за продажба

О

нлајн платформата Etsy им овозможува на малите занаетчии и сите останати креативци што имаат да понудат рачно изработени производи да продаваат директно на заинтересираните, а со помош на вебсајтовите како Squarespace, малите бизниси може да направат онлајн продавница за својата понуда. Овие direct – to – consumer пазари се отвораат секојдневно благодарение на интернетот, и ќе претставуваат голема можност за развој на бизнисите што традиционално имаат тесни грла во продажбата заради големо или малопродажните трговци.

4

Г

Епигенетика

енетски предодредените болести многу е тешко да се третираат, а фенотипски променетите гени се причина за многу видови канцери. Епигенетските лекови се класа на медикаменти што може да влијаат врз овие промени во гените (да ги исклучат или вклучат таргетираните гени) и на тој начин да го сопрат канцерот во неговиот прогрес, со што ќе им дозволат на останатите лекови, како имунотерапевтските третмани да ги елиминираат канцерогените клетки.


www.kapital.mk

Капитал број 907 17.03.2017

38

ИНОВАТИВНИ ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ

8

Smart box

9

Open – source роботика

К

5

Идниот изглед на уредите

6

Офталмолошки третмани од следната генерација

Е

крани што се виткаат, нови материјали, и аугментираната реалност може да придонесат кон следниот бран на промени во дизајнот на уредите. Телефоните би можеле да изгледаат како новчаници со екрани на виткање, а ТВ уредите да бидат тенки како хартија и да може да си ги носите со себе свиткани во ролна.

ога сите ваши уреди дома ќе бидат поврзани со интернет, можеби ќе ви треба начин да ги поврзете да “зборуваат“ меѓу себе. “Интернет на нештата“ подразбира предзнак “паметно“ во секојдневните технологии, но големата битка е за “кутија“ што сите овие паметни уреди ќе ги поврзе. Ако компанија како Google или Аpple може да креира стандард за овие уреди да може да комуницираат, тогаш ќе се појави пазар за направа што сето ова ќе го поврзе меѓусебно.

О

чните болести ќе засегнат над 20 милиони луѓе во САД до 2020 година, вели аналитиката на Citibank. Ако се пронајдат нови начини за одржливи третмани на овие болести, тога може да ги замени сегашните лекови, капки и сл. На пример, мали импланти би можеле да го нанесуваат лекот на окото на пациентот во подолг временски период и би создале пазар вреден околу 13 милијарди долари следните 15 години.

Р

оботите веќе со децении извршуваат повторувачки операции за кои што е лесно да се програмираат. Со новите напредоци во роботиката на различни полиња, индустриските роботи имаат поширока технолошка база на располагање, и би можеле да извршуваат задачи што бараат поголема колаборација и комуникација. Овие иновации би можеле да го удвојат пазарот за индустриска роботика до 2020 година.

– bandgap 10 Wide полупроводници

С 7

В

Термопластични подводни цевки

адењето нафта на големи длабочини е голем потенцијал за нафтената индустрија, но трошоците се огромни. Напредни пластични цевки може да траат подолго, поевтини се и полесно се инсталираат наместо традиционалните челични, што би можело значително да ги намали трошоците.

илициумот беше главен материјал досега во полупроводниците што ги има во секој електронски уред. Но, технологијата базирана на силициум ги достигнува физичките граници од аспект на брзината и величината. Новитетите во полето на т.н. wide – bandgap полупроводници би можело да значат помали и помоќни микрочипови во иднина.



Капитал број 907 17.03.2017

40

www.kapital.mk

АНАЛИЗА

ШТО ЗНАЧИ ЕВРОПА ВО ПОВЕЌЕ БРЗИНИ?

ЕФЕКТИВНОСТА ПРЕД СОЛИДАРНОСТА

Источноевропските држави ги имаат сите основи да стравуваат од европската дебата што треба да доведе до растресување на статусквото во ЕУ. Главната опасност за нив е дека мерките за подобрување на ефективноста на ЕУ ќе бидат разгледувани како поважни од принципите на солидарноста. Со други зборови, Унијата повеќе нема да чека, за да не мора секогаш да се движи со брзината на најбавната членка. Затоа аналитичарите на членките на ЕУ од источна Европа им советуваат наместо да се трошат во обид да го спречат неизбежното, да видат како може да го искористат ЕУ ВО ПОВЕЌЕ БРЗИНИ: НЕМА ДА ГИ СМЕНИ ЛОШИТЕ НАЦИОНАЛНИ ПОЛИТИКИ


www.kapital.mk

Капитал број 907 17.03.2017

41

И

Историјата покажала дека кога големите држави ќе се соберат да разговараат во Версај, резултатот не е многу позитивен. Во конкретниов случај мислиме на неодамнешната средба на лидерите на Германија, на Франција, на Италија и на Шпанија, на која целта не беше да се наметнуваат репарации или да се прецртуваат граници. Но, главната тема на овој версајски состанок –„Европска унија во повеќе брзини“ (што е „неопходност за да не бидеме блокирани“, како што рече германската канцеларка Ангела Меркел), барем за жителите на источна Европа звучи многу блиску до тоа што вообичаено го испорачува поранешната резиденција на француските кралеви. Обидот за наметнување на идејата за ЕУ во повеќе брзини, односно, за соработка меѓу одделни држави, во која не би учествувале сите членки на Унијата, предизвика бурни реакции од Варшава, преку Братислава, до соседната ни Софија. Уште пред еден месец лидерот на владејачката партија во Полска, Јарослав Качински, по средба со Меркел изјави дека вакво институционално скршнување ќе доведе до „ликвидација на ЕУ каква што ја познаваме“. Така потсвесниот страв кај источноевропјаните, дека старите држави членки еден ден ќе се освестат и ќе ги исфрлат од клубот на богатите, се разбуди со страшна сила. Моменталната хистерија по повод евентуалната поделба на ЕУ – „апартхејд“, според зборовите на бугарскиот европратеник левичар, Петар Курумбашев, е малку изнасилена, но возот на промената веќе тргна. По толку силни прозивки лидерите на Германија и на Франција ќе треба да преземат нешто. Во моментов државите-членки веќе упорно работат на документи за иднината на ЕУ. А во нив, во документите, брзините на развој не се сигурно најважното нешто. Еден од предлозите, според извор од една од двете најмоќни држави во Европа, е активирањето на правилото од договорот за ЕУ, според кое само две третини од државите-членки ќе имаат комесар во следната Европска комисија. Сличен предлог тешко ќе помине, бидејќи за него се бара едногласност, но

ова е јасна илустрација за тоа кон каде се движи дебатата во дел од 27-те држави. А таа е насочена кон растресување на статус-квото, од што источноевропските држави ги имаат сите основи да стравуваат. Главната опасност за нив е дека мерките за подобрување на ефективноста на ЕУ ќе бидат разгледувани во дебатата како поважни од принципите на солидарноста. Со други зборови, Унијата повеќе нема да чека, за да не мора секогаш да се движи со брзината на најбавната членка. Во ваква ситуација мантрата „ние сме против“ нема да доведе до ништо повеќе од навредлив поглед. Аналитичарите кои ја прифаќаат новата ситуација како неизбежна, им советуваат на државите од источна Европа да видат во кои случаи може да бидат меѓу државите со најголема брзина (зошто не и во идната одбранбена Унија), и какви би биле последиците ако откажат соработка во други области – како, на пример, идната засилена заедничка политика на ЕУ во областа на бегалците и миграцијата. Секако, нурнувањето на главата во песок нема да помогне.

Ветувањата за реформи и овој пат ќе бидат поголеми од подоцна оствареното?

Каков ќе биде крајниот резултат од оваа офанзива воопшто не е јасно. Ако сега изгледа дека ЕУ во повеќе брзини е неизбежна, така стоеја работите и во 2011 година, кога сосем сериозно се разгледуваше и можноста Грција да ја напушти еврозоната, па дури и самата ЕУ. И по оспоруваното прифаќање на пактот од мерки за спасување на еврото, во кој не учествуваат сите држави-членки, само

директните учесници се сеќаваат на детали од целата оваа драма. Јасно е дека актуелниот притисок да се направи нешто брзо, дојде од одлуката на Велика Британија да ја напушти ЕУ, како и од подемот на популистичките формации во Европа, кои профитираат од претставата дека Унијата е неефективна и едни во неа живеат за сметка на други. Но, повеќето идеи што се разгледуваат во Брисел, во Париз или во Берлин, нема да решат ниту еден од двата проблеми. Ниту предложената одбранбена унија, ниту засилувањето на економската координација во еврозоната, ќе доведат до нешто опипливо што може да го почувствува просечниот Холанѓанец или Португалец. Всушност, Европа во повеќе брзини би била контрапродуктивна за повеќето од овие мерки. Аналитичарите прашуваат каква е смислата да се формира мала група држави што ќе има заеднички пристап во однос на избегнувањето на плаќањето даноци, кога компаниите можат да отидат во државите што не се дел од групата. Не напразно од 1985 година (кога е потпишан Шенген), до 2011 (пакетот мерки за зацврстување на еврозоната) нема ниту еден обид одделни држави да соработуваат надвор од ЕУ. Во крајна линија може да се покаже дека и покрај зборувањето на големо за Европа во повеќе брзини, притисокот во овој правец ќе доведе само до скромно подобрување на веќе постоечките политики. Вистината е дека како и да се менува институционалната рамка на ЕУ, фундаменталните фактори за почувствуваната слабост – лошите национални политики и глобализацијата, нема како да се променат. Односно, барем во блиска перспектива не може да се очекува некои источноевропски држави


www.kapital.mk

Капитал број 907 17.03.2017

42

АНАЛИЗА

да заличат на Данска или на Германија. Се разбира, секогаш постои можноста токму поради оваа причина ЕУ едноставно да се распадне. Одамна сценаријата за тоа се веќе прогнози, дали на италијанските банки (како Mediobanca) за цената за излегување на државата од еврозоната, или пак на консултантската компанија Macrogeo, според која актуелниот изборен циклус е последен во кој антиевропските партии ќе бидат задржани.

Најголемата опасност е фрагментирање на ЕУ

Најголемата опасност е фрагментирање на ЕУ, што може да се случи ако државите кои сакаат да соработуваат одлучат дека е подобро тоа да го прават надвор од формата на Унијата. Според германскиот пратеник Елмар Брок, ова е најголемиот ризик пред кој сега е исправена ЕУ. Со одлуката за напуштање на ЕУ на Велика Британија, многу од политиките на кои големите држави не можеа да им последуваат во рамките на Унијата, сега лесно ќе бидат прифатени преку таканаречената засилена соработка. Ова е значајно подобра варијанта за некои од источноевропските држави кои во прво време може да се најдат надвор од сличен формат. Во европското право има релативна процедурална јаснотија за тоа како се примаат нови членки. Ако интеграцијата може да се случи само со меѓународен договор, само од државите што учествуваат во него зависи дали ќе допуштат да има нови партнери. Но, се разбира, ѓаволот е во деталите. Во ситуација ако има оставено врата за влегување, а источноевропските држави немаат пристап до неа, ќе може да се каже дека во Унијата за едни има повеќе Европа, а за други помалку. Важно е кој ги носи одлуките за влегување. На пример, примањето во еврозоната одамна не е прашање на статистички резултати во однос на Мастришките критериуми – во него има

многу повеќе политика. Со ЕУ во повеќе брзини има опасност слични клубови да се зголемат уште повеќе. Неизбежно, интеграцијата, колку е подлабока, да води и до нови бариери. На пример, ако еврозоната одлучи да создава фискален капацитет и многу потесна координација во своите економски политики, тоа секако ќе го направи патот на оние членки на ЕУ кои стремат кон еврото уште пострмен. Еден од големите проблеми при евентуалното остварување на идејата за ЕУ во повеќе брзини е прашањето што ќе се случува со европскиот буџет. Ако се создаваат нови политики, тие треба да бидат финансирани однекаде. На пример, ако еврозоната добие свој буџет, тоа може да се случи или со нови давачки за државите-членки, или на сметка на заедничкиот европски буџет, од што не може да не настрадаат некои земји од источна Европа. Ова ќе биде прилично болен удар, зашто кратење на средствата, како и да е, ќе има поради напуштањето на Велика Британија на ЕУ. Тоа го лишува европскиот буџет од 10 милијарди евра годишно. Кон ова треба да се додадат и обидите за градење на нови заеднички политики, како обезбедување на границите, справување со бегалците и со миграцијата – што се сè дејности кои бараат дополнително финансирање.

Што е Европа во повеќе брзини?

ЕУ во повеќе брзини секогаш постоела, дури и пред да се појави овој назив, или пак да се создаде правната можност во рамките на европското право за процедурата за засилена соработка, како што се вели со бриселски жаргон. Една од формите е Шенгенскиот договор, потпишан во 1985 година од пет од тогашните десет држави-членки на Европската економска заедница, како посебен меѓународен договор. Шенген стана дел од европското право дури во 1999 година. Овој механизам – соработка надвор од договорите за ЕУ, е една од можностите кон кои државите од ЕУ што сакаат посилна интеграција би прибегнале ако не им биде дозволено да дејствуваат во рамките на Унијата. Понов пример за слична соработка е пакетот мерки за грчката должничка криза – Банкарскиот сојуз или Договорот за фискална стабилност. Друга форма е еврозоната, која секогаш била дел од европското законодавство – сите држави-членки со исклучок на Велика Британија и Данска се должни да се приклучат. Но, за приклучувањето има одредени критериуми, што практично значи дека некои држави остануваат надвор од еврозоната. Третата форма е засилената соработка, која има неколку модификации, но генерално кај неа барем девет држави можат да побараат да водат заедничка политика во определена област, додека останатите држави треба да го одобрат тоа со класифицирано мнозинство (т.е. одделна држава-членка нема право на вето). Клучниот момент е што држави кои имаат 35% од населението на ЕУ, т.е. Велика Британија, заедно со сите источноевропски држави и уште една западна држава, можат да блокираат ваква одлука. Поради оваа причина досега се одобрени само три засилени соработки, од кои две се активни – за заеднички правила при разводите на двојки со различни националности, и за заеднички правила за европските патенти. Со напуштањето на Велика Британија целата оваа аритметика скршнува и контролниот пакет сега е кај големите држави. Од денешна гледна точна изгледа иронично што терминот „Европа во повеќе брзини“ е измислен од тогашниот германски канцелар Вили Брант, по повод приклучувањето на Велика Британија. Сега, кога Лондон наскоро ќе биде надвор од ЕУ, многуте брзини конечно ќе станат реалност. Во поново време идејата за Европа во повеќе брзини се појавува малку пред очекуваното прво големо проширување на ЕУ – со Финска, со Шведска и со Австрија. Актуелниот министер за финансии на Германија, Волфганг Шојбле, објави во 1994 година истражување во кое ја брани идејата за Kerneuropa, т.e. „базична Европа", што треба да се движи како авангарда пред останатите држави. Потоа идејата доби нова популарност во 2011 година, откако спасувањето на Грција се покажа не толку лесно, а Велика Британија блокираше дел од мерките што беа преземени од Брисел. Тогаш дури се појавија и порадикални идеи, како можноста за создавање две еврозони – едната германоцентична, другата со центар во Средоземноморието. Првпат официјално идејата за ЕУ во две брзини беше обновена во февруари 2016 година, кога министрите за надворешни работи на шесте држави-основачи ја декларираа верата во сè посплотена Унија, која „дозволува различни патеки за интеграција“. nnn



Капитал број 907 17.03.2017

44

www.kapital.mk

СВЕТ БИЗНИС И ПОЛИТИКА

ТАЈНАТА НА НОРДИСКИОТ МОДЕЛ

КОМБИНАЦИЈА ОД КАПИТАЛИЗАМ И СОЦИЈАЛИЗАМ ЗА ЕКОНОМСКИ И СОЦИЈАЛЕН УСПЕХ

Четирите нордиски земји, Шведска, Данска, Норвешка и Финска важат за едни од најбогатите земји во светот, во кои жителите имаат најдобар животен стандард, уживаат големи социјални права, имаат квалитетно и бесплатно здравство и образование, имаат најниско ниво на корупција, додека истовремено нивните економии и важат за најконкурентни во целиот свет. Овие земји со години наназад успеваат на бидат на врвот на разни рангирања според конкурентноста, социјална заштита, среќа,а истовремено успешно ја избегнаа должничката криза во која тоне јужна Европа и растечката нееднаквост на САД. Која е тајната на нивниот успех?

ФАКТ: ВО НОРДИСКИТЕ ЗЕМЈИ ОКОЛУ 30% ОД РАБОТНАТА СИЛА РАБОТИ ВО


www.kapital.mk

Капитал број 907 17.03.2017

45

Берни Сандерс, кандидат за претседател на САД

Е

ден од американските претседателскиот кандидат Берни Сандерс, кој доби голема поддршка кај младите Амриканци, во својата кампања многу често го посочуваше нордискиот модел, како пример за успех кој треба да го следи и САД

Која е тајната на нивниот успех?

Ч

Четирите нордиски земји, Шведска, Данска, Норвешка и Финска важат за едни од најбогатите земји во светот, во кои жителите имаат најдобар животен стандард и уживаат големи социјални права, имаат најниско ниво на корупција, додека истовремено нивните економии и важат за најконкурентни во целиот свет. Во моментите кога светот е растргнат од се поголемата поделба на богати и сиромашни, просперитетниот, конкурентен, богат и социјално освестен север на Европа е пример на многу левичарски политичари и економисти низ целиот свет кои се погласно повикуваат дека треба да се огледаме на Скандинавските земји. Овие земји со години наназад успеваат на бидат на врвот на разни рангирања според конкурентноста, социјална заштита, среќа... Успеаја да ја избегнат должничката криза во која тоне јужна Европа и растечката нееднаквост на САД.

Скандинавските или нордиските земји делат и негуваат сличен социо-економски модел кој уште се нарекува Нордиски модел, Нордиски капитализам или Скандинавски социјал-капитализам... Економскиот модел на Скандинавците претставува единствена комбинација на капиталистичкиот слободен пазар и социјална држава. Иако постојат некои разлики помеѓу одделните држави сите делат некои заеднички карактеристики. Нордискиот модел ги прифаќа и обединува принципите на глобализација и индивидуализам, односно претприемничка иницијатива која ја предводи економијата, високи даноци, но и квалитетни јавни услуги, во кои влегуваат бесплатно здравство и образование, грижа за децата, дарежливи пензии и силна заштита на работничките права преку колективни договори помеѓу работниците и работодавците. Накратко, нордиските држави се држави на благосостојба и висок човечки напредок. Но, нордискиот модел има и свои специфики, бидејќи е развиен е во регион во кој преовладува протестантска работна етика и прилично тешки природни услови.. Социјалните права и користи се достапни бидејќи даночните обврзници плаќаат високи даноци, а државата тие приходи ги пренасочува во корист на сите граѓани. Народните маси имаат висок степен на доверба во политиката на своите влади заради долгата историја на заедничка соработка за да постигнат компромиси и да се одговори на социјалните предизвици преку демократските процеси.

Историски и културни корени

Историјата открива дека тајната на скандинавскиот успех е во умереноста и внимателното балансирање помеѓу

капиталистичкиот и социјалистичкиот економски систем. Примерот на Шведска е многу поучен. Во втората половина на 19 век, либералните политичари како Август Грипенстед, министер за финансии во периодот помеѓу 1856 година и 1866 години, воведоа реформи кои биле осмислени за да се зголеми слободата на работење, слободна трговија и силна заштита на приватната сопственост. Пoмеѓу 1870 година и 1936 година Шведска спроведувала пропазарни економски политики и имала најголема стапка на економски раст од сите земји на западна Европа и двојно поголема од Британија. Во 1936 година шведската Социјалдемократска партија ја формирала својата прва мнозинска влада, па оттогаш во следните декади социјалната држава постепено ги зголемувала своите надлежности. Како своевиден врв на социјалистичките политики е воведувањето на фонд на работодавци. Тоа е систем преку кои сопственоста на приватните компании постепено се пренесува на фондовите со кои управуваат работничките синдикати. Но, во следните години економскиот раст се намалил на 1,4%, а многу бизнисмени во тие години ја напуштиле Шведска. Заради тоа, експериментот со ориентација кон социјалистички политики е заменет со период на пазарни реформи, кои меѓудругото опфаќаа намалување на социјалните програми и намалување на даноците. Но, нордискиот економски модел влече корени од многу подалечната историја. Имено, единствен дел од западна Европа во кој никогаш не се развил целосен феудализам и во коj никогаш селаните не биле претворени во кметови. Добрите социјални резултати во Скан-

О ЈАВНИОТ СЕКТОР, ШТО Е ДВОЈНО ПОВЕЌЕ ОД ПРОСЕКОТ ВО ОЕЦД ОД 15%


www.kapital.mk

Капитал број 907 17.03.2017

46

СВЕТ БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Нордискиот модел ги прифаќа и обединува принципите на глобализација и индивидуализам, односно претприемничка иницијатива која ја предводи економијата, високи даноци, но и квалитетни јавни услуги, во кои влегуваат бесплатно здравство и образование, грижа за децата, дарежливи пензии и силна заштита на работничките права преку колективни договори помеѓу работниците и работодавците. динавија се последица не само на државните социо-економски политики, туку и на специфичната култура. Уште пред 100 години германскиот социолог и теоретичар Макс Вебер забележал дека протестантските држави од северот на Европа имаат подобар животен стандард, подобри академски институции и подобро функционално општество отколку останатите делови на европскиот континент. Вебер тоа го припишува на протестантската работна етика. Шведскиот економски експерт Асар Линдбек подоцна развил теорија кој одела подалеку од религиозните причини. Тој сметал дека прединдустриското доба во Скандинавија било исклучително тешко да се преживее како земјоделец, па народот работел во тешки работи и прифатил култура која ја нагласува личната одговорност, искреноста, довербата, точноста и тешката работа. Во природата на нордискиот менталитет е довербата на граѓаните кон своите власти и политичари кои работат за општото добро на заедницата. Граѓаните и веруваат на државата и се уверени дека на исправен начин се управува со нивните пари. Народот е подготвен да плаќа повисоки даноци у замена за користи кои тие и нивната заедница ќе ги уживаат. “Општествениот договор” помеѓу власта и гласачите е дека иако даноците се високи, јавните услуги кои ги обезбедува државата се со врвен квалитет и беспрекорни, како што се на пример бесплатното здравство и образованието. Здравствените услуги се со таков квалитет што приватниците немаат причина да основаат свои клиники, ниту пак граѓаните имаат причина да ги посетуваат. Образованието е бесплатно, a во Данска државата и буквално им плаќа на студентите да студираат.

Слободата на пазарот е приоритет

Нордиските земји трошат просечно над 50% од Бруто домашниот производ (БДП) на јавни услуги и инвестиции, а добар дел од јавните трошења оди на надомест за невработени и предвремено пензионирање. Но, за воопшто да можат скандинавските политички челници на своето население да му пружат квалитетни јавни услуги, бизнисмените мораат да бидат конкурентни во услови на пазарна економија. Ниту една од нордиските компании не се управува по принципите на самоуправен или некој друг социјализам, туку според капиталистички пазарни

модели, кои заради својата ефикасност и профитабилност на своите работници можат да им обезбедат висок животен стандард. Во Шведска трошењата на државата во 1993 година достигнаа 67% од БДП. Но, откако економијата почна да паѓа, курсот почна да се намалува во десно. Уделот на трошењата на државата во Шведска оттогаш е намален за 18% и сега е помал отколку во Франција, а наскоро може да биде помал и од државните трошења во Велика Британија. Даноците се намалени, па така данокот на добивка во Шведска е 22%, што е далеку пониско во споредба со стапката на данок на добивка во САД од 35%. Шведска во изминативе години се фокусираше на балансирање и буџетот, па така буџетскиот дефицит е во рамки на дозволените 3% од БДП. Кога станува збор за јавните услуги, Нордијците се многу прагматични. Се додека јавните услуги се добри и квалитетни, на никого не му е грижа кој ги обезбедува. Данска и Норвешка дозволуваат приватни фирми да ги управуваат јавните болници. Шведска има универзален систем од школски ваучери, па приватните училишта се натпреваруваат со јавните училишта кој повеќе ќе привлече ученици. Кога станува збор за изборот кој го имаат Нордијците, може слободно да се каже дека Милтон Фридман повеќе би се чувствувал како дома во Шведска, отколку во Вашингтон. Во Нордиските земји околу 30% од работната сила е вработена во јавниот сектор, што е речиси двојно повеќе отколку просекот во ОЕЦД од 15%. Но, кога станува збор за слободниот пазар нордиските држави се цврсти и не подлегнат на искушенијата да интервенираат дури и кога станува збор за заштита на домашните компании кои важат за икони. На пример, Шведска ја остави автомобилската компанија SAAB да банкротира, а Volvo денеска го поседува кинеската компанија Geely. Но, тие гледаат многу подолгорочно. На пример, Норвешка со државниот фонд кој располага со 600 милијарди долари се труди да ги ублажи негативните ефекти од капитализмот. Данска, од друга страна, има систем на флексибилен пазар на работна сила и осигурување, со кои компаниите можат полесно да отпуштаат работници, но државата обезбедува поддршка за тренинг и обука за преквалификација.

Сопственичките права се строго заштитени и загарантирани. Договорите за работа се договараат со спогодба и работодавците не можат да го избегнат нивното почитување. Ограничувања на слободната трговија речиси и да не постојат. Според ОЕЦД, нордиските земји имаат висок степен на економска слобода, а корупцијата е на исклучително ниско ниво. Според истражувањата за перцепција на корупцијата на Транспаренси Интернешнл за 2016 година, петте нордиски земји се рангирани меѓу најмалку корумпираните земји, Данска е на прво место, Финска на трето место, Шведска на четврто место, а Норвешка на шесто место на листата според Индексот за перцепција на корупцијата. Перформансите на сите училишта и болници се мерат континуирано. Властите се принудени да работата транспарентно. Шведска дозволува буквално секој да има пристап до службените документи. Политичарите се веднаш на критика на јавноста ако се возат во службените автомобили наместо со велосипед. Овие земји се исто така лидери во услугите на е-влада . Во Шведска на пример жителите можат да плаќаат даноци со СМС порака. Владите во скандинавските земји ги субвенционираат градинките за грижа за деца до тој степен да тие се достапни речиси до секого. Тоа за возврат им овозможува на родителите, посебно на мајките, побрзо да се вратат на работа. Заради сите овие работи, Нордијците се меѓу најсреќните луѓе во Европа, и тие истовремено се меѓу луѓето кои најдолго живеат. Рамноправноста меѓу половите е уште една работа по која Нордиските земји се пример на останатиот свет. Норвешка има закони според кои 40% од членовите на управите на државните компании мораат да бидат жени. Учеството на жените во политиката е исто така на највисоко ниво во овие земји, а многу често се и на високи функции.

Лекции од Нордискиот модел

Многу политичари во светот го посочуваат нордискиот модел како пример кој би требало да го следат и другите земји. “Земјите од Скандинавија, како Данска, Норвешка, Шведска, се многу подемократски отколку САД. Излезноста на гласачите е многу поголема отколку во САД. Истовремено, во овие земји здравствената заштита е право на сите граѓани, факултетското и

ЕКОНОМСКИОТ МОДЕЛ НА СКАНДИНАВЦИТЕ: УНИКАТНА КОМ


www.kapital.mk

Капитал број 907 17.03.2017

47

Данска има еден од најфлексибилните пазари на работна сила, што на фирмите им овозможува лесно да отпуштаат и вработуваат Норвешка остварува големи приходи од извоз на нафта и гас, но најголем дел од приходите се слеваат во државниот инвестициски фонд кој управува 600 милијарди долари Данокот на добивка во Шведска е 22%, што е далеку пониско во споредба со стапката на данок на добивка во САД од 35%.

постдипломското образование е бесплатно, а пензиите и грижата за децата е на многу повисоко ниво отколку во САД. Во овие земји властите работат во корист на обичните луѓе и средната класа, а не како што е случај со САД, каде власта работи за милијардерската класа”, изјави Берни Сандерс, еден од кандидатите за претседател на САД, кој во својата кампања често ги споменуваше Скандинавските земји како идеален економски состав. И многу други аналитичари ја посочуваат Скандинавија како посакуваниот трет пат помеѓу капитализмот и социјализмот, односно како компромисно решени помеѓу моделот во кој државата има апсолутна економска контрола и моделите во кои владее неконтролиран див капитализам. Многу веруваат дека Нордискиот модел е токму оној модел кој ќе обезбеди помала разлика помеѓу богатите и сиромашните. Но, истовремено нордискиот модел е мета на критики на заговорниците на либералниот капитализам заради високите даноци, високиот степен на државен интервенционизам, преголемата заштита на вработените, кои според нив се пречка

за да се оствари поголема продуктивност. Критичарите се убедени дека нордискиот економски модел само ја редистрибуира активата, ја ограничува количината на пари во оптек достапна за лична потрошувачка и ги охрабрува сите субјекти премногу да се потпираат и да зависат на владините субвенциски програми. Дали нордискиот модел на економија е модел кој треба да се извезува низ светот за да се постигне државна благосостојба и пазарна конкурентноста? Вистината е дека не постои еден еинствен модел кои би бил прифатлив и успешен подеднакво во сите земји во светот. Секоја држава и секое општество се уникатни. И затоа економските модели мора да се креираат според условите и спецификите на секој народ и држава, и тоа задолжително треба да ги земе во обѕир културните, религиските, економските и политичките склоности и корени. Но, дефинитивно сите земји би требало да го разгледаат и внимателно да го проучат скандинавскиот модел на комбинација на капитализам и социјализам. Она што е најважно е дека економскиот модел мора на

компаниите да им обезбеди конкурентност на пазарот и профит, да обезбеди заштита на работничките права, заштита на приватната сопственост и благосостојба за сите граѓани. Скандинавците засега се најблиски до тој идеал. Ако треба да се извлече некоја лекција од нордискиот модел, тогаш таа е прагматична, не идеолошка. Државата е популарна не затоа што е голема, туку затоа што е ефикасна и функционира. Швеѓаните доброволно плаќаат повисоки даноци, затоа што добиваат квалитетно и бесплатно образование и здравствени услуги.Нордиските земји во минатото направија многу пазарни реформи за да ги направаат компаниите поконкурентни. И резултатот е тука. Пазарните механизми можат да ја направат социјалната држава уште поефикасна. Но, она што е неопходно е волјата кај сите во општеството да се искорени корупцијата и личните интереси. И секако волјата да се напуштат ортодоксните идеологии на левица и десница, и подготвеноста да се прифатат добрите идеи и политики од било кој политички спектрум.

nnn

МБИНАЦИЈА НА СЛОБОДЕН ПАЗАР И СОЦИЈАЛНА ДРЖАВА



ЧОВЕКОТ КАКО РЕСУРС КЛУЧЕН ЧИНИТЕЛ ЗА УСПЕШНА ОРГАНИЗАЦИЈА (МОДУЛ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ) l Почеток на модул: 20 март 2017 год l 10:00-15:00 часот Институт КОНЦЕПТ, Скопје Модулот е наменет за поттикнување на систематски пристап кон управувањето со човечките ресурси кој ќе даде сеопфатен преглед на сите аспекти на улогата на менаџерите за човечки ресурси во организациите. Модулот ги опфаќа следните сегменти: улогата на менаџерот на човечки ресури, регрутација, интервју и селекција на кандидати, општи и правни работи, развој и мотивација, мерење на перформански и пресметка на плати и надоместоци.

ПРИДОБИВКИ ОД МОДУЛОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЧОВЕЧКИ РЕСУРИ: l Сеопфатна обука на менаџерите на човечки ресури l Повеќе практично работење низ обуката l Индивидуално практицирање за време на самото предавање Предавањата од модулот ќе се реализираат во 4 средби, во текот на 4 недели (еднаш неделно). Секоја од

средбите ќе се реализира во времетраење од 10.00 до 15.00 часот, во просториите на Институт КОНЦЕПТ. МОДУЛОТ Е НАМЕНЕТ ЗА: менаџери, раководители на различни позиции, лидери на тимови, почетници во областа на човечки ресурси и сите оние лица кои имаат потреба да се запознаат со процесот на управување со човечки ресурси.

За повеќе информации посетете ја нашата веб страна: www.koncept.com.mk

КОНТАКТ: м-р Ленче Зикова и м-р Ирена Богоевска l e-mail: institut@koncept.com.mk l 02 3128 526 l 070 272 207


Капитал број 907 17.03.2017

50

www.kapital.mk

ЛИДЕРИ

СТИВ ФОРБС

ИЗДАВАЧ НА МАГАЗИНОТ FORBES

ВАШИОТ БРЕНД Е НАЈВАЖНАТА ИНВЕСТИЦИЈА ВО БИЗНИСОТ

M

Малколм Стивенсон “Стив“ Форбс, помладиот, е американски медиумски магнат, издавач и главен уредник на бизнис магазинот Forbes, основан од неговиот дедо Берти Форбс пред точно сто години. Ултра републиканец според политичко убедување, Форбс двапати досега бил кандидат

Има фундаментална нелогичност во тоа што државите земаат толку голем дел од заработените пари на луѓето, нивната моќ и лична контрола, додека во исто време им кажуваат дека нивниот живот ќе биде подобар заради тоа.

Повеќе пари заработуваш продавајќи совети, одошто следејќи ги. Тоа е една работа на која сметаме ние во издавачкиот бизнис. Покрај кусата меморија на нашите читатели, се разбира.

за номинација за претседател на САД во рамки на партијата, но не успеал во трката. Познат е како голем поборник за што помало мешање на државата во економијата, па во оваа прилика издвојуваме неколку негови познати изјави во таа насока, но и други совети за бизнисот и кариерата.

Вашиот бренд е најважната инвестиција што може да ја направите во бизнисот.

Она што ќе го ветите, треба и да го исполните.

Една работа во психологијата, што отсекогаш ја знаеме, е дека секој инвеститор вели дека е на долг рок, сè додека пазарот не почне да спобудалува.

Само во Вашингтон може да веруваат дека да им дозволиш на луѓето да задржат повеќе од она што самите си го заработиле значи да им подариш нешто. Е, така тие го сфаќаат намалувањето на даноците.

Политичарите велат ‘ние не може да си дозволиме намалување на даноците’. Веројатно не може да си ги дозволиме политичарите.




Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.