908 kapital magazin

Page 1

ДРЖАВНО УПРАВУВАЊЕ РАСТАТ ВРАБОТУВАЊАТА ВО ЈАВНИОТ СЕКТОР, НО НЕ И ПРОДУКТИВНОСТА

ЛАУРА КОВЕШИ: СО НАШИТЕ ИСТРАГИ ВО БУЏЕТОТ НА РОМАНИЈА СЕ ВРАТИЈА 660 МИЛИОНИ ЕВРА

Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

СВЕТ БИЗНИС И ПОЛИТИКА КАКОВ ИЗЛЕЗ ОД ЕУ ЌЕ ДОГОВОРИ БРИТАНИЈА?

WWW.KAPITAL.MK

COVER STORY: ШТО ИЗВЕЗУВА МАКЕДОНИЈА?

ТОП 10 ИЗВОЗНИ ПАЗАРИ DOSSIER

НАЈГОЛЕМАТА БАЛКАНСКА КОМПАНИЈА ВО ПРОБЛЕМИ

КОЈ ЌЕ ГО СПАСУВА АГРОКОР? БРОЈ 908 | ЦЕНА 100 ДЕН. 24 МАРТ 2017 | ПЕТОК | ГОДИНА 18

ПОЛИТИКА: НЕИЗВЕСНОСТА СЕ ПРОДЛАБОЧУВА



3

Капитал број 908 24.03.2017

СОДРЖИНА

24 04

ПРОФИЛ

06

НАВИГАТОР

08

COVER STORY

16

ДРЖАВНО УПРАВУВАЊЕ

Ескалација на конфликтите пред историскиот референдум Ердоган против сите 10 фирми добиле третина од општинските тендери лани Што извезува Македонија? Топ 10 извозни пазари Во јавниот сектор вработени речиси 130.000 луѓе Растат вработувањата во јавниот сектор, но не и продуктивноста

42

38 24 30 38

ПОЛИТИКА

Демократските процеси остануваат блокирани Пораките на Хан јасни, но што ако одново не бидат слушнати?

46

ЛУЃЕ И КОМПАНИИ

47

ЛУЃЕ И КОМПАНИИ

48 50

ЛУЃЕ И КОМПАНИИ

ДОСИЕ: АГРОКОР

Најголемата балканска компанија во финансиски проблеми Кој ќе го спасува Тодориќ?

СВЕТ БИЗНИС

ЛАУРА КОВЕШИ

шеф на Националната агенција за борба со корупцијата во Романија:

Со нашите истраги во државниот буџет се вратија 660 милиони евра само во 2016

Управување со ликвидноста и cash gap Експертите за човечки ресурси советуваат Развивајте го средниот и вишиот менаџмент за да не пропаднете Рекоа за... продуктивноста

ЛИДЕРИ

АНА ВИНТУР уредник на Vogue

Најдобар начин да го остварите сонот е да се разбудите

ПОЛА ИЗВОЗ У НЕМАЧКА

ДРЖАВНО СИ Е ДРЖАВНО

КОЈ ЌЕ ГО СПАСИ АГРОКОР?

Дури 47% од целиот извоз на Македонија лани бил насочен кон Германија, покажуваа последните податоци на Државниот завод за статистика. Ако, пак, се анализира македонскиот извоз во Германија, дури 40% од целиот извоз се прави со пет производи, од кои сите се делови за автомобилска индустрија. Близу 80% од македонскиот извоз се прави во 10 земји, од кои освен Србија и Косово, сите се земји членки на Еропската унија. Од ова се гледа преголема концентрација на македонскиот извоз, но и високото учество на извозот кој го прават странските компании кои користат огромни државни субвенции заради што нивните производи се далеку поевтини и поконкурентни од домашниот извоз.

Повисоката плата во јавниот сектор во споредба со многу сектори во приватниот сектор се проценува дека е главниот мотив „државната работа“ да биде најголем приоритет за младите. Истражувањата покажуваат дека дури 40% од младите посакуваат да работат во јавната администрација, каде што според последните статистички податоци за лани, просечната плата изнесувала 26.734 денари. За споредба, во преработувачката индустрија во земјава, просечната плата е за третина пониска, односно изнесува 17.096 денари. От т ука, не изненадува поголемиот интерес на младите за вработување во „администрацискиот рај“ за државна плата.

Сопственикот на Агрокор, Ивица Тодориќ, наводно е на работ на губење на контролата врз концернот, јавува Bloomberg. Најголемата банка во Русија, државната Сбербанк е еден од најголемите доверители на Агрокор и деновиве се согласи на дополнителен кредит за групацијата. Иако Русите официјално изјавија дека не се заинтересирани за преземање на Агрокор, туку за стабилизирање и реструктуирање на компанијата, токму зад овие зборови, велат аналитичарите, се крие преземање на управувањето и сопственичко прегрупирање, кое што би траело со месеци и сè уште не се знае како ќе изгледа.

XX Стр. 8

XX Стр. 16

XX Стр. 30

Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје l Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31 l П. ФАХ 503, 1000 Скопје l Директор и одговорен уредник: Љупчо Зиков l Печати: Графички центар Скопје, ул. Скупи бб, 1000 Скопје l Тираж: 3.000 примероци l Датум на печатење: 23.03.2017


Капитал број 908 24.03.2017

www.kapital.mk

ПРОФИЛ 4

ЕСКАЛАЦИЈА НА КОНФЛИКТИТЕ ПРЕД ИСТОРИСКИОТ РЕФЕРЕНДУМ

ЕРДОГАН ПРОТИВ СИТЕ

Иако причините за дипломатската криза се поврзани со изборите и се внатрешнополитички, конфликтот меѓу ЕУ и Турција денес изгледа повозможен од кога и да е. Настаните се уште една фаза од разминувањето на Турција со ЕУ – од процесот што тече откако режимот на Ердоган почна да ја оддалечува Турција од демократскиот пат на развој, односно од Европа.

ЕРДОГАН: АКО ЕВРОПА ПРОДОЛЖИ ПО ОВОЈ ПАТ, НИТУ


www.kapital.mk

Капитал број 908 24.03.2017

T

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган им порача на Европјаните дека нема да можат безбедно да се движат по улиците ако го задржат сегашниот став кон Турција. Ова е своевидна кулминација на неколкудневната дипломатска напнатост. Оваа невообичаена закана стигна по одлуката на германските и холандските власти да им забранат на турските министри да организираат и оддржуваат митинзи пред претстојниот референдум кој би можел да ги зацврсти и онака силните овластувања на претседателот Ердоган во Турција, пишува Ројтерс. Анкара на овие забрани одговори со постојани обвинувања дека Европа користи нацистички методи, а врв на тоа се заканите кои дојдоа лично од Ердоган. “Ако Европа продолжи по овој пат, ниту еден Европјанин нема да може во било кој дел од светот нема сигурно да се движи по улиците, Ние, како Турција, ја повикуваме Европа да ги почитува човечките права и демократијата”, изјави Ердоган. Ескалацијата е веќе толку силна што германскиот претседател дел од својот инаугурациски говор го искористи за предупредување на турскиот колега дека ризикува да го уништи се она што Турција како држава го постигна во последните години. “Начинот на кој ние ја гледаме Турција ја карактеризира грижа дека се што е изградено низ годините и десетлетијата може да биде уништено”, изјави Франк Валтер Штајнмер и повика на прекин на споредбите со нацистите, што веќе со денови го бара и Ангела Меркел.

Судири пред референдумот

Неуспешниот обид за пуч од минатото лето му ги одврза рацете на турскиот лидер Реџеп Таип Ердоган за неговата главна цел – претворањето на Турција во претседателска република. Минатите осум месеци го подготвија теренот – со чистката во државните институции, безбедносните служби и медиумите, и преполнувањето на затворите со „непријатели“. Походот на турскиот претседател кон тотална власт треба да биде овенчан со поддршка од народот – на референдумот за промена на Уставот на Турција закажан за 16 април. Неуверливите резултати од истражувањата на мислењето на јавноста го принудија Ердоган да ја мобилизира и огромната турска дијаспора во Европа. Но, интересите

PROFILE

5

ФРАНК ВАЛТЕР ШТАЈНМАЕР

претседател на Германија

Начинот на кој ние ја гледаме Турција ја карактеризира грижа дека се што е изградено низ годините и десетлетијата може да биде уништено”, изјави Штајнмаер и повика на прекин на споредбите со нацистите директно му се судрија со тензичните избори во државите со најмногубројни турски заедници, во кои крајно десните популисти се застанати на добри стартни позиции во однос на власта. Ескалацијата „Ердоган против сите“ почна од Германија, каде неколку општини не дозволија изјави на турски политичари за поддршка на референдумот. Но, случајот прерасна во голем дипломатски скандал по особено одлучниот отпор на Холандија, политичари од Турција да агитираат во третата по големина во ЕУ турска заедница – по тие на Германија и на Франција. (во најголемата турска заедница во европска држава, германската, има дури 1,4 милиони луѓе со право на глас на референдумот закажан за 16 парил) Планираните митинзи требаше да се одржат неколку дена пред парламентарните избори во Холандија, на кои екстремно десната и антимуслиманска Партија на слободата на Герт Вилдерс, и Либералната партија на премиерот Марк Руте влегоа со речиси изедначени позиции. Одлуката на холандските власти очигледно одработи за власта во земјата, зашто владејачката партија на Руте ги доби изборите со уверлива предност во однос на Партијата на слободата на Вилдерс.

Обвинувањата за фашизам и нацизам, со кои Ердоган ги нападна Германија и Холандија, и неговите закани за ревизија на договорот со ЕУ за мигрантите, предизвикаа верижна реакција на солидарност на европските држави. Германските медиуми веќе извесно време тврдат дека турскиот претседател планира до крајот на март и лично да ја посети Германија за митинг со локалните турски гласачи. Но, се смета дека слична посета би создала проблеми со безбедноста. Иако причините за дипломатската криза се поврзани со изборите и се внатрешнополитички, конфликтот меѓу ЕУ и Турција денес изгледа повозможен од кога и да е. Настаните се уште една фаза од разминувањето на Турција со ЕУ – од процесот што тече откако режимот на Ердоган почна да ја оддалечува Турција од демократскиот пат на развој, односно од Европа. Прашањето како тоа влијае на големите турски заедници на Стариот континент ги засилува стравувањата. Кочници пред ескалацијата има – при тесната поврзаност на турската економија со ЕУ, целосниот прекин би чинел многу скапо за сите актери. Но, она што ќе се одложи, веројатно за долго, е европската идеја за Турција. nnn

У ЕДЕН ЕВРОПЈАНИН НЕМА ДА МОЖЕ ДА БИДЕ БЕЗБЕДЕН


www.kapital.mk

Капитал број 908 24.03.2017

6

НАВИГАТОР ИЗЈАВА НА НЕДЕЛАТА

> БРОЈКА

43,1% Изнесува стапката на вработеност во Македонија

НИМИЦ: СОСТОЈБАТА ВО МАКЕДО

На државата и треба стабилна влада и влада која е посветена на реформската агенда што народот го очекува и се надевам дека ова конечно ќе биде исполнето.

ЈОХАНЕС ХАН

еврокомесар за проширување

З

агрижен сум за ситуацијата во Македонија. Тоа што можам да го истакнам во овој момент е дека состојбата во државата е доведена во висок ризик и опасност со што ќе влијае врз безбедноста и стабилноста на Македонија“,oва го изјави медијаторот во грчко-македонскиот спор за името, Метју Нимиц, за програмата Гласот на народот на Радио Слободна Македонија. Нимиц се надева дека ваквата состојба

ИСТРАЖУВАЊЕ

10 ФИРМИ ДОБИЛЕ ТРЕТ ОД ОПШТИНСКИТЕ ТЕН

О

Општините и Градот Скопје во 2016 година потрошиле 142 милиони евра на јавни набавки, што е за околу 13% повеќе од претходната година, покажа Базата на податоци што ја објави Центарот за граѓански комуникации. Најголем број договори за јавни набавки лани склучила општина Карпош, дури 259, наспроти само еден договор за којшто известила општина Градско. Вредносно, на врвот и годинава е Градот Скопје со околу 16 милиони евра, но со значителен

пад во однос на 2015 година од дури 38%. Сепак, произлегува дека едно од десет евра од општинските тендери е потрошено токму во Градот Скопје. Доминацијата на мал број фирми во тендерите на локално ниво продолжува и во 2016 година и најдобро ја отсликува податокот дека првите десет фирми со најголемо учество во тендерите добиле дури 30% од вкупната вредност на јавни набавки на сите 80 општини и Градот Скопје, односно 42,2 милиони евра. Околу три четвртини од парите се потрошени за работи, речиси 18% за услуги и само 8,5% за набавка на стоки. Просечно, вредноста на еден склучен

општински договор за јавни набавки лани изнесувала 35.718 евра, што е за 14% повеќе отколку во 2015 година. Во Базата на податоци за јавните набавки на општините во 2016 година се вклучени вкупно 3.973 договори склучени од општините со 1.255 фирми. По одделни општини, со потрошени 11,2% од вкупната вредност на општинските тендери, Градот Скопје е на врвот на оваа листа. Втора на листата според вредноста на склучените договори за јавни набавки лани е скопската општина Центар каде што се потрошиле нешто повеќе од 13 милиони евра или 9,3% од вредноста


www.kapital.mk

Капитал број 908 24.03.2017

7

ОНИЈА Е ДОВЕДЕНА ДО ВИСОК РИЗИК ќе биде решена и надмината по мирен и демократски пат во рамките на Уставот на Република Македонија. „Не би можел да дадам други оценки, бидејќи сум фокусиран исклучиво за прашањето околу името, но уште еднаш ќе ја изразам мојата голема загриженост за мирот и стабилноста во Македонија. Се надевам дека политичарите и народот ќе се справат со сите проблеми кои се појавија во државата“, истакнува Метју Нимиц за Програмата Гласот на народот.

мисла на неделата Живееме во време на епохални промени. Ако не сме доволно внимателни, можат да бидат загрозени и елементарните основи на плуралистичките демократии.

Мартин Шулц

кандидат за канцелар на Германија

> БРОЈКА

19%

Од вкупниот број на вработени работат во преработувачката индустрија

лидери

ТИНА НДЕРИ ЛАНИ Скопските градежни фирми Вардарградба, Бауер БГ и Гранит се на врвот на листата според вредноста на добиените тендери од општините на сите општински тендери, а потоа следува Карпош со речиси 11 милиони евра, односно 7,6% учество во вкупната сума потрошена за оваа намена кај сите општини. Четврта на листата е Битола, со потрошени 10,4 милиони евра, односно 7,3% од вкупната сума, па потоа Куманово со 5,5 милиони евра, или 3,9% од вкупната вредност. Во првите десет се рангирани и општините Тетово со тендери од 5,1 милион евра, Гази Баба со 4,3 милиони евра, Аеродром со 4,1 милион евра, Гостивар со 3,9 милиони евра и општина Илинден со 3,7 милиони евра. На дното, како според бројот на склучените договори, така и според вредноста е општина Градско, со вредност на тендерот од околу 13 илјади евра. Веднаш зад Градско се општините Лозово со вкупна вредност на тендерите до 17 илјади евра и Ранковце со околу 30 илјади евра потрошени преку јавни набавки. Дури девет од десетте прворангирани компании што добиле најмногу пари од општинските тендери лани се од градежната индустрија. На врвот според вредноста на склучените договори во текот на 2016 година е градежната компанија Вардарградба Скопје со вкупна вредност на тендерите од 9,5 милиони

евра. Фирмата е добитник на 22 тендера од општините од кои вредносно најголеми се седумте тендери склучени со општина Центар за изведби и реконструкција на канализациони мрежи, улици и за изградба на основно училиште. На второ место е лидерот од 2015 година, односно Бауер БГ Скопје. Но, иако ја загуби лидерската позиција, оваа скопска градежна компанија добила 33 тендери во вкупна вредност од 7,3 милиони евра. Трета на листата според учеството во јавните набавки на општините е компанијата Гранит АД Скопје која има добиено 6 тендери со вкупна вредност од околу 6,5 милиони евра. На четврто место е Жикол Струмица со добиен 31 тендер во вкупна вредност од 5,2 милиона евра. Следува Пелагонија АД Гостивар со добиени 16 тендери во вредност од 2,7 милиони евра, а во групата од 10 фирми со најголемо учество во тендерите на општините се уште и фирмите Ескаватори-МК Скопје (2,4 милиони евра), Изолација Скопје (2,3 милиони евра), ЈУ-БАЈ 2 Амет Скопје (2,2 милиони евра), НБ-ЦОМПАНУ Тетово (2,1 милион евра) и Бетон Скопје (1,9 милиони евра). Ако се спореди со бројот на жители, произлегува дека минатата година општините потрошиле по 69 евра по жител, што е зголемување за седум евра на годишно ниво. Анализата на вредноста на општинските тендери во однос на бројот на жители, покажува дека најмногу пари по жител во текот на 2016 година се потрошиле во општина Сопиште, и тоа 475 евра. Потоа следува општина Центар со потрошени речиси 292 евра по жител. Трета на листата е Демир Капија со потрошени околу 256 евра по жител. nnn

БИЛ ГЕЈТС

Соосновачот на Microsoft oдново е прв на листата на милијардери на Forbes

ЏЕФ БЕЗОС

Само во 2016 го зголемил богатството за 27,6 милијарди долари и за првпат стана трет светски милијардер

не им беше неделата

ЃОРЃЕ ИВАНОВ

претседател на земја аспирант за членство во ЕУ одби средба со гостин - висок комесар на Унијата

БРУНО ЛА РУ

францускиот министер за внатрешни поднесе оставка поради скандалот со непотизам


www.kapital.mk

Капитал број 908 24.03.2017

8 COVER STORY STORY: ШТО ИЗВ COVER

ТОП 10 ИЗВОЗНИ ПАЗАРИ Дури 47% од целиот извоз на Македонија лани бил насочен кон Германија, покажуваа последните податоци на Државниот завод за статистика. Ако, пак, се анализира македонскиот извоз во Германија, дури 40% од целиот извоз се прави со пет производи, од кои сите се делови за автомобилска индустрија. Близу 80% од македонскиот извоз се прави во 10 земји, од кои освен Србија и Косово, сите се земји членки на Еропската унија. Овие бројки можеби најсликовито ја покажуваат преголемата концентрација на македонскиот извоз, но и високото учество на извозот кој го прават странските компании кои користат огромни државни субвенции заради што нивните производи се далеку поевтини и поконкурентни од домашниот извоз.

ГЕРМАНИЈА

БУГАРИЈА

СРБИЈА

КОСОВО

БЕЛГИЈА

2.033.969

222.986

194.253

188.579

170.937

46,98% 5,15% 4,49% 4,36% 3,95% ИЗВОЗ ( ВО .000 ЕВРА )


www.kapital.mk

Капитал број 908 24.03.2017

9 ЗВЕЗУВА МАКЕДОНИЈА?

ТОП 10 ИЗВОЗНИ ПАЗАРИ

3,43 79,13% милијарди евра

учество во вкупниот извоз на Македонија

ИТАЛИЈА

ГРЦИЈА

РОМАНИЈА

ШПАНИЈА

ХРВАТСКА

158.420

147.744

121.803

106.219

80.708

3,66% 3,41% 2,81% 2,45% 1,86%


www.kapital.mk

Капитал број 908 24.03.2017

10

COVER STORY

Дури 47% од македонскиот извоз е насочен кон Германија, што главно се должи на автомобилските делови кои странските инвеститори ги произведуваат во фабриките во слободните економски зони, а кои потоа се извезуваат и склопуваат во германската автомобилска индустрија.

пишува:

Д

Биљана Здравковска Стојчевска biljana.zdravkovska@kapital.mk

Дури 47% од целиот извоз на Македонија лани бил насочен кон Германија, покажуваа последните податоци на Државниот завод за статистика. Ако, пак, се анализира македонскиот извоз во Германија, дури 40% од целиот извоз се прави со 5 производи, од кои сите се делови за автомобилска индустрија. Близу 80% од македонскиот извоз се прави во 10 земји, од кои освен Србија

и Косово, сите се земји членки на Еропската унија. Овие бројки можеби најсликовито ја покажуваат преголемата концентрација на македонскиот извоз, но и високото учество на извозот кој го прават странските компании кои користат огромни државни субвенции заради што нивните производи се далеку поевтини и поконкурентни од домашниот извоз. Уште еден заклучок кој се наметнува ако се анализира извозот на Македонија на 10-те најголеми извозни пазари е дека доминантни се полупроизводи и суровини, односно доминираат автомобилските делови, руди и челичните полупроизводи, суровиот непреработен тутун, текстилните лон производи, наливно вино...Единствени готови производи меѓу најизвезуваните производи се автобусите, лековите и ајварот. Капитал анализира кои се топ 10 извозни пазари на Македонија и што таму најмногу извезуваме.

n ГЕРМАНИЈА

Германија е најголемиот извозен пазар за Македонија каде се пласира близу 47% од целиот извоз. Минатата година извозот од Македонија во Германија надмина две милијарди евра и за една година е зголемен 13,3%. Ако се анализира што најмногу извезуваме во Германија, тогаш најголем дел од извозот отпаѓа на автомобилските делови кои во Македонија ги произведуваат странските инвеститори кои отворија фабриките со слободните зони. Најголем е извозот на Џонсон Мети чии катализатори и прочистувачи за издувни гасови се користат во германската автомобилска индустрија, а чиј извоз лани достигна 1,2 милијарди евра, што е околу една третина од целиот извоз на Македонија во Германија. Трет најизвезуван производ се сетовите за спроводници за палење кои во Македонија ги произведува Дреклсмајер, чиј извоз во Германија

ТРЕНД: ИЗВОЗОТ ВО КОСОВО ЗА ТРИ ГОДИНИ Е


www.kapital.mk

Капитал број 908 24.03.2017

11 АЈИЗВЕЗУВАНИ ВО: ТОП 5 НПРОИЗВОДИ Германија 1 2

Катализатори Машини и апарати за филтрирање или пречистување на други гасови

Извоз (во евра) 709.216.786 491.313.194

Сетови на спроводници за палење и 3

други сетови на спроводници за

195.943.581

возила,воздухоплови или бродови 4 5

лани достигна 195 милиони евра. Потоа следуваат иницијатори и забрзувачи на реакција чиј извоз во Германија лани достигна 161 милион евра. Петти најизвезуван производ од Македонија во Германија се седиштата кои во Штип ги произведува Џонсон Контролс. Останатите поголеми извозни производи во Германија на листата најизвезувани се разни видови на текстилни производи, близу, кошули, поткошули, маици и гаќи, панталони, работна опрема, кои во најголем дел се произведуваат во Македонија во принципот на лон-производстсво, односно сите суровини се увезуваат од Германија, а кај нас се користи само евтината работна рака за тие да се сошијат. Меѓу ретките домашни произведени производи кои успеваат да стигнат на германскиот пазар се одредени вина и замрзнати црвени пиперки. Извозот во најсилната економија постојано бележи зголемување, благодарение на извозот на автомобилски делови кои се произведуваат од страна на странските инвеститори во слободните економски зони.

n БУГАРИЈА

Втор најголем извозен партнер на Македонија според статистичките податоци за минатата годинава, е Бугарија. Но, на овој пазар се продаваат само 5,15% од македонските производи наменети за извоз. Лани извозот од Македонија во Бугарија изнесуваше 223 милиони евра, што е намалување за 8,6%. Ако се анализира што најмногу се извезува во Бугарија, тогаш во петте најизвезувани производи влегуваат само руди, суров тутун и челични цевки. Најголем е извозот на руди на бакари и концентрат од рудникот Бучим, кој лани надмина 45 милиони евра. Втор најизвезуван производ е оловната руда и концентрат од рудникот Саса, а трет најизвезуван производ од Македонија во Бугарија лани биле цинкова руда и концентрати. Следуваат суров тутун од тип Прилеп и поцинкувани челични цевки. Со овие пет извозни ставки лани се направил 52% од целиот извоз од Македонија во Бугарија. Извозот во Бугарија постојано бележи пад во изминативе години. Така за период од три години македонскиот извоз во Бугарија е намален за 24%

n СРБИЈА

Трет најголем извозен пазар за Македонија е соседна Србија, каде се извезува 4,5% од целиот македонски извоз. Лани во Србија се извезени производи во вредност од 194 милиони евра, што е годишен раст за 4,9%. Најизвезувана извозна ставка во Србија лани се лекови во вредност од 12 милиони евра, кои во најголем дел отпаѓаат на извозот на лекови од Алкалоид. Втор најизвезуван производ се плоснати валани производи пресвлечени со пластична маса со

Е НАМАЛЕН ЗА НАД 25%.

Иницијатори на реакција, забрзувачи на реакција

161.797.943

Седишта

67.719.045

Бугарија

Извоз (во евра)

1 Руди на бакар и концентрати

45.948.022

2 Руди на олово и концентрати

38.121.511

3 Руди на цинк и концентрати

17.455.055

4 Тутун суров Тип Прилеп

8.570.535

Плоснати железни или челични 5 валани производи прекриени со

6.562.809

цинк Србија 1 Лекови

Извоз (во евра) 12.099.277

Плоснати валани производи од 2 железо или нелегиран челик

10.608.669

превлечени со пластична маса 3

Заварени цевки со правоаголен пресек

8.728.906

4 Масла од сончоглед или шафраника

8.282.993

5 Електрична енергија

5.472.384

Косово 1 Гасни масла 2 Портланд цемент

Извоз (во евра) 16.638.457 9.275.520

Плоснати валани производи од 3 железо или нелегиран челик

7.067.095

превлечени со пластична маса 4 Лекови 5

Други прачки од железо или нелегиран челик, ковани и валани Белгија

1 Автобуси 2 Тутун суров Тип Прилеп

5.423.456 5.221.053

Извоз (во евра) 125.446.769 11.489.907

3 Тутун суров Тип Јака

5.125.930

4 Тутун суров од ориентален вид

4.984.727

5

Тапацирани седишта со дрвени скелети

1.841.948


www.kapital.mk

Капитал број 908 24.03.2017

12

COVER STORY АЈИЗВЕЗУВАНИ ВО: ТОП 5 НПРОИЗВОДИ Италија

Извоз (во евра)

Печки за загревање на простории, 1 шпорети, решеткасти огништа, кујнски

12.447.454

печки 2 Феро-силициум

11.634.048

3 Делови на обувки од кожа

11.286.394

4

Други женски обувки со ѓонови од кожа

5 Феро-никел Грција 1 Тутун суров Тип Прилеп 2

Женски блузи и кошули од вештачки влакна

8.295.607 7.952.333 Извоз (во евра) 21.615.375 9.581.802

Плоснати валани производи од железо 3 или челик, превлечени

9.121.253

со цинк 4 Мермер и травертин

8.785.308

5 Женски памучни блузи и кошули

8.728.774

Романија 1 Други електрични спроводници

Извоз (во евра) 34.545.549

Плоснати валани производи од железо 2 или челик, превлечени

13.438.992

со пластична маса

извоз од над 10 милиони евра, а трет најголем извоз е направен со челични цевки во вредност од 8,7 милиони евра. Меѓу петте најизвезувани производи во Србија лани се наоѓаат и маслото од сончоглед со извоз вреден 8 милиони евра и електричната енергија со извоз вреден 5,5 милиони евра. Со овие пет производи лани е направен 23,2% од целиот извоз во Србија. Од домашно произведените производи лани во Србија сме извезувале и свежо грозје, свежи домати, кондиторски производи. Извозот во Србија во изминативе години бележи постојан пад. Така во споредба со 2013 година извозот кај северниот сосед ни е намален за над 20%.

3 Други делови за моторни возила

n КОСОВО

3

Четврт најголем извозен пазар за Македонија лани бил косовскиот пазар, каде оди 4,36% од македонскиот извоз. Во Косово лани сме извезле производи во вредност од околу 189 милиони евра, што е годишен раст од 11,6%. Најизвезуван производ на Косово лани биле горивата на Окта со извоз вреден 16,6 милиони евра. Втор најизвезуван производ со извоз од 9,2 милиони евра, лани е направен со цементот на Цементарница Усје. Трета најголема извозна ставка со вредност од 7 милиони евра се плоснати валани производ обложени со пластична маса, следуваат лековите и прачки од железо. Косово иако ни е соседен пазар, Македонија полека го губи овој пазар. На пример во 2013 година извозот од Македонија во Косово изнесувал над 277 милиони евра, што е пад за над 25 % за само три години.

n БЕЛГИЈА

Годинава во листата 10 најголеми извозни пазари се најде и Белгија, каде лани се продале 3,95% од целиот извоз. Лани во Белгија сме извезле производи во вредност од 170 милиони

12.186.457

Сетови на спроводници за палење 4 и други сетови на спроводници за

12.101.344

возила 5 Седишта

5.293.625

Шпанија

Извоз (во евра)

1 Сетови на спроводници за палење

74.846.062

2 Феро-никел

16.990.604

Топло валани плоснати производи од железо или челик

4.137.506

Топло валани плоснати производи,од 4 железо со ширина

1.560.514

oд 2050 мм или поголема 5

Оловни акумулатори за моторни возила Хрватска

1.553.103

Извоз (во евра)

1 Профили и талпи од железо или челик

4.544.491

2 Лекови

4.103.996

3 4

Други вина; шира од грозје со запрена ферментација Други заварени цевки со правоаголен пресек

5 Ајвар

3.123.701 2.702.247 2.664.482



www.kapital.mk

Капитал број 908 24.03.2017

14

COVER STORY

евра, што е годишен раст од 32,4%. Најизвезуван производ во Белгија лани биле автобусите кои белгиски Ван Хол ги произведува во економската слободна зона Бунарџик во вредност од 125 милиони евра. Следните три најголеми извозни ставки во Белгија се тутун од типот Прилеп и Јака во вкупна вредност од 21 милион евра. Петта најизвезувана ставка во Белгија лани биле тапацирани седишта во вредност 1,8 милион евра. Со овие пет извозни ставки лани е направен дури 87% од целиот извоз во Белгија. Меѓу другите производи кои лани се извезувале во Белгија се руди на феросилициум и феро никел, текстилни производи, замрзнати пиперки.

n ИТАЛИЈА

Италија е шести по големина извозен пазар за македонските производи, на кој лани се извезле 3,66% од целиот извоз. Минатата година вкупниот извоз во Италија достигна 158 милиони евра, и за една година е намален за 3,1%. Најголема извозна ставка во Италија лани биле печки за загревање во вредност од 12,4 милиони евра. Меѓу петте најголеми извозни ставки две се делови за чевли кои се извезуваат во Италија, а две се руди на феросилициум и феро-никел. Со овие пет извозни производи лани се направил 32,5% од целиот извоз во Италија.

n ГРЦИЈА

Грција е седми по големина извозен пазар на кој лани биле извезени 3,41% од целиот македонски извоз. Лани во Грција биле извезени 147 милиони евра, што е пад 1,1%. Грчкиот извоз веќе паѓа неколку години по ред, а во последните три години е намален за 30%.

Лани во Грција наизвезуван производ во Грција бил суровиот тутун од тип Прилеп со извоз вреден 21,6 милиони евра. Понатаму следат женските памучни блузи и кошули кои се шијат во неколкуте текстилни фабрики кои грчки фирми ги имаат отворено во Македонија, железни прачки и цевки, и мермерот кој се вади од Мемерниот комбинат Прилеп, кој има грчки сопственици. Со овие пет извозни ставки се прави 40% од целиот извоз на Македонија во Грција.

n РОМАНИЈА

Романија е осми по големина извозен пазар на Македонија, каде лани се извезле 2,81% од вкупниот извоз. Лани во Романија се извезени производи во вредност од 122 милиони евра, што е зголемување за 25%. Најголем дел од извозот, но и неговото зголемување во Романија се должи на зголемениот извоз на автомобилски делови кои се произведуваат во Македонија од страна на странските инвеститори, а потоа се склопуваат во други автомобилски фабрики за познати брендови во Романија. Од петте најизвезувани ставки во Романија, дури четири се автомобилски делови. Така лани најголем извозен производ во Романија биле спроводници за автомобили во вредност од 34,5 милиони евра. Со овие четири производи се прави дури 64% од целиот извоз на Македонија во Романија.

n ШПАНИЈА

Шпанија е деветти најголем извозен пазар на Македонија на кој лани сме извелзе производи во вредност 106 милиони евра, што е 2,45% од целиот македонски извоз направен минатата година. Извозот во Шпанија минатата

2016 година е зголемување за 16,2%. Ако се погледне извозот во Шпанија повторно на врвот се автомобилските делови, кои се произведуваат во македонските слободни делови, а кои потоа се извезуваат и склопуваат во некои од фабриките на познатите автомобилски брендови во Шпанија. Најизвезуван производ минатата година во Шпанија биле спроводниците кои ги произведува германскиот Дрекслмајер со извоз вреден близу 75 милиони евра. Втор најизвезуван производ е фероникелот, следат топловаланите челични производи и акумулатори за моторни возила. Со овие пет производи се прави дури 93% од целиот извоз од Македонија кон Шпанија, а во останатите извозни ставки доминираат железни цевки, прачки и лимови, и некои видови на текстилни производи.

n ХРВАТСКА

Десетти најголем извозен пазар за Македонија минатата година била Хрватска. Во Хрватска лани се извезле производи во вредност од 80 милиони евра, што е 1,86% од целиот извоз на Македонија. Извозот во Хрватска лани се зголемил за 11,9%. Најизвезувана извозна ставка од Македонија во Хрватска се профили и талпи од железо кои традиционално се користат во индустријата за изградба на бродови. Втора најизвезувана ставка се лековите кои ги извезува фармацевтската компанија Алкалоид. Следуваат извозот на наливно вино, заварени цевки, а во петте најизвезувани ставки е и ајварот. Со овие пет извозни ставки лани бил направен околу 20% од целиот извоз од Македонија во Хрватска. nnn



Капитал број 908 24.03.2017

16

www.kapital.mk

ДРЖАВНО УПРАВУВАЊЕ

ВО ЈАВНИОТ СЕКТОР ВРАБОТЕНИ РЕЧ

РАСТАТ ВРАБОТУ ВО ЈАВНИОТ СЕКТ НО НЕ И ПРОДУКТ

ИСТРАЖУВАЊЕ: ДУРИ 40% ОД МЛАДИТЕ ПОСАКУВА


www.kapital.mk

ЧИСИ 130.000 ЛУЃЕ

УВАЊАТА ТОР, ТИВНОСТА

Капитал број 908 24.03.2017

17 Во јавниот сектор во земјава работат вкупно 129.653 луѓе во 1.291 институции, покажа најновиот извештај на Министерството за информатичко општество и администрација од Регистарот на вработени во јавниот сектор за 2016 година. Во споредба со 2015 година, бројот на вработени е зголемен за 1.306 луѓе. Зголемувањето на вработените во јавниот сектор делумно се должи на трансформирање на привремено вработените во трајни вработувања, но и нови вработувања, најмногу во Министерството за внатрешни работи (МВР). Министерството за одбрана и Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Експертите посочуваат дека идните реформи на јавниот сектор ќе зависат од подлабинска анализа на профилот на вработените. пишува:

Александар Јанев

В

aleksandar.janev@kapital.mk

Во јавниот сектор во земјава работат вкупно 129.653 луѓе во 1.291 институции, покажа најновиот извештај на Министерството за информатичко општество и администрација од Регистарот на вработени во јавниот сектор за 2016 година. Во споредба со 2015 година, бројот на вработени е зголемен за 1.306 луѓе. По институции, кај 511 институции е евидентирано зголемување на бројот на вработени, додека пак кај 770 од нив, бројот на вработени се намалил или останал ист. Регистарот покажува дека

ААТ ДА РАБОТАТ ВО ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА


www.kapital.mk

Капитал број 908 24.03.2017

18

ДРЖАВНО УПРАВУВАЊЕ

ПРОЦЕНКИТЕ ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ЈАВНИОТ СЕКТОР ДО 185.000 ЛУЃЕ

П

ред Министерството за информатичко општество и администрација да почне да го води Регистарот на вработени во јавниот сектор, бројот на вработени на „грбот на државата“ беше предмет на различни проценки. Дел од експертите и сега коментираат дека бројката што ја објави Министерството не е конечна, и е поголема кога ќе се додадат привремено вработените и работниците од државните компании. Пред неколку години во јавноста излегоа информации дека властите му признале на еврокомесарот Јоханес Хан оти бројката на вработени во јавниот сектор во Македонија е околу 185.000 и тоа без вработените во јавните претпријатија. Меѓутоа, набрзо оваа бројка беше демантирана со првите официјални податоци од Министерството за

Повисоката плата во јавниот сектор во споредба со многу сектори во приватниот сектор се проценува дека е главниот мотив „државната работа“ да биде најголем приоритет за младите. Истражувањата покажуваат дека дури 40% од младите посакуваат да работат во јавната администрација, каде што според последните статистички податоци за лани, просечната плата изнесувала 26.734 денари. За споредба, во преработувачката индустрија во земјава, просечната плата е за третина пониска, односно изнесува 17.096 денари. Оттука, не изненадува поголемиот интерес на младите за вработување во „администрацискиот рај“ за државна плата.

информатичко општество и администрација. Во Извештајот за напредокот на Македонија кон ЕУ од 2013 година, пак, пишува дека 25% од вработените во Македонија, работат во јавниот сектор. Во апсолутна бројка, тоа значи дека државна плата земале 170.000 луѓе. Блиску до проценката на Европската комисија, е и Државниот завод за статистика, според кој заклучно со 2016 година, вкупно 167.657 луѓе работеле во деловни субјекти во друга сопственост – државна, мешовита и задружна. Од Заводот објаснуваат дека најголем дел од овие вработени доаѓаат од државни субјекти, иако тука се вклучени и работници од компании во мешовита (приватни компании во кои има удел државата) и задружна сопственост.

лани биле основани нови 10 институции. Но, споредено со извештајот за 2015 година кој содржеше податоци за 1.288 институции, бројот на институции на јавниот сектор е зголемен за три, бидејќи седум институции во меѓувреме се згаснати. Како што пишува во Извештајот, „зголемувањето на бројот на вработени кај овие 511 институции произлегува од целосната имплементација на Законот за трансформација во редовен работен однос, со кој заклучно со септември 2016 година ангажманите на договорците (хонорарците и волонтерите) се трансформираа во решенија, односно договори за редовен работен однос, за вкупно 4.684 луѓе. Најголем дел од нив претходно биле ангажирани со договор за волонтирање, договор на дело и/или авторски договор или друг договор, и тоа најголем дел од нив во јавните здравствени установи, факултетите, училиштата и градинките (најмногу во клиничките центри/болници во Скопје, Куманово, Битола, Охрид и Прилеп, како и во Државниот универзитет во Тетово)“. Но, покрај трансформациите, Извештајот покажува дека зголемувањето на бројот на вработени се должи и на нови вработувања во институциите во постапки на јавни огласи, при што половината од сите нови вработувања се случила во Министерството за внатрешни работи (МВР), во Министерството за одбрана (МО) и во Јавното обвинителство за гонење на кривични дела

Прросечната плата во јавната администрација изнесува 26.734 денари, додека во преработувачката индустрија просечната плата е за третина пониска, односно изнесува 17.096 денари.

поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите (СЈО). Така, во 2016 година во 10 новоосновани институции се вработиле 255 луѓе, бројот на вработени само во МВР, Министерството за одбрана и СЈО се зголемил за 544 луѓе, додека во сите останати институции се вработиле вкупно 509 луѓе. Истовремено, во 2016 година работниот однос во јавниот сектор им престанал на 2.069 луѓе. Според овој Извештај на Министерството за информатичко општество и администрација, од вкупно 110.311 вработени во јавниот сектор (со исклучок на вработените во Армијата, Агенцијата за разузнавање и МВР за кои во Регистарот се водат податоци само за бројот, но не и за нивната структура) дури 59.111 се жени, а 51.200 мажи. Просечната возраст на овие вработени изнесува 45,4 години, кај жените просекот е 44,7 години, додека кај мажите 46,3 години. Најмлади се 9 вработени, на возраст од 19 години, а највозрасни се 21 вработен на возраст од 67 години. Од сите вработени, 485 се без образование, 270 се полуквалификувани, 412 се квалификувани, 9.236 се со основно образование, 36.310 се со средно образование, 4.883 се висококвалификувани, 6.515 се со вишо образование, 48.322 се со високо образование, 2.107 се магистри, а 1.771 се доктори на науки.

ФАКТ: САМО ЛАНИ СЕ ОСНОВАНИ 10 НОВИ ИНСТИТУЦИИ



www.kapital.mk

Капитал број 908 24.03.2017

20

ДРЖАВНО УПРАВУВАЊЕ

Број на институции во јавен сектор според видот Јавна установа

890

Јавно претпријатие

129

Општина

81

Суд

34

Самостоен орган на државна управа

32

Јавно обвинителство

29

Орган во состав на министерство

29

Правно лице со јавни овластувања

16

Министерство

15

Самостоен државен орган

13

Регулаторно тело

10

Секретаријат во Влада

3

Влада

1

Народен Правобранител

1

Народна банка

1

Посебен државен орган

1

Претседател

1

Служба во Влада

1

Собрание

1

Совет на јавни обвинители

1

Судски совет

1

Уставен суд

1

Доколку се разгледа образовната структура на вработените по видови на институции, може да се види дека во Собранието, во регулаторните тела, кај Претседателот на Република Македонија, во Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија и секретаријатите на Владата, Народната банка на Република Македонија и неколку други институции нема вработени кои имаат пониско од средно образование. Од друга страна најмногу неквалификувани вработени има во владината Служба за општи и заеднички работи, јавните претпријатија и јавните установи, што според објаснувањето во Извештајот, било во корелација со работите кои ги вршат овие институции, затоа што се работи пред се за помошно технички лица (хигиеничари, комунални работници и тн.). Најголем процент на вработени со високо образование има кај Претседателот, Владата, самостојните државни органи и регулаторните тела, додека пак најголем процент на вработени, доктори на науки има на универзитите, во Народна банка и во регулаторните тела. Во однос на етничката структура, 82.900 се Македонци, 21.279 се Албанци, 1.781 се Турци, 1.272 се Срби, 1.215 се Роми, 479 се Бошњаци, 478 се Власи, а 907 се други или не се изјасниле. Согласно со членот 2 став (1) од Законот за вработените во јавниот сектор, во Регистарот влегуваат лицата вработени во:

- органите на државната и на локалната власт и други државни органи основани согласно со Уставот и со закон; и - институциите кои вршат дејности од областа на образованието, науката, здравството, културата, трудот, социјалната заштита и заштитата на детето, спортот, како и во други дејности од јавен интерес утврден со закон, а организирани како агенции, фондови, јавни установи и јавни претпријатија основани од Република Македонија или од општините, од градот Скопје, како и од општините во градот Скопје. Министерството за информатичко општество и администрација презеде обврска да води Регистар на сите институции и на сите вработени во јавниот сектор со Законот за вработените во јавниот сектор, и податоците од истиот, сублимирани во годишни извештаи, јавно да ги објавува. Од Министерството објаснуваат дека „овие податоци и се неопходни на државата заради димензионирање на реформата на јавната администрација и планирањето на човечките ресурси, потребата од унапредување на нивните стручни квалификации и компетенции, можноста за оптимизација на кадар (суфицит/дефицит), трансфери, мобилност на кадри“. Меѓутоа, според универзитетскиот професор Борче Давитковски, кој што беше вклучен во изработката на овој Извештај, сепак Регистарот засега не ја дава целосната слика на профилот на вработени во јавниот

сектор за да може да се одредат правците на идните реформи. „За да направиме квалитативна реформа на јавниот сектор, мора да знаеме колку од вработените се извршители во одредена дејност, односно ако станува збор за здравството, да знаеме колку точно имаме бели мантили, или лекари, медицински сестри и друг стручен персонал, а колку од вработените се чувари, секретарки или друга администрација. Не може веднаш да се премине на намалување на бројот на вработени без прецизно да се знае во кој сектор какви профили на вработени недостигаат, а какви се вишок“, вели професорот Давитковски. Тој вели дека бројот на работници во јавниот сектор е дури и поголем и достигнува до 150.000 луѓе доколку се пресметаат и привремено вработените, но и вработените во државните компании кои што се во целосна или делумна државна сопственост. Интересно е што овој систем нуди и можност за пресметка на платите на овие вработени, но како што објаснуваат од Министерството „со предвидената динамика за започнување со користење на овој модул, точни податоци за средствата кои се исплаќаат за плати и надоместоци на плати за сите вработени во јавниот сектор се планира да се обезбедат до крајот на 2018 година“. Само за вработените во институциите што се финансираат од централниот буџет,

ПОДАТОК: ВО 2016 ГОДИНА БРОЈОТ НА ВРАБОТЕНИ ЗГОЛЕМЕН ЗА 1.306 ЛУЃЕ


www.kapital.mk

Капитал број 908 24.03.2017

21

З БОРЧЕ ДАВИТКОВСКИ универзитетски професор

а да направиме квалитативна реформа на јавниот сектор, мора да знаеме колку од вработените се извршители во одредена дејност, односно ако станува збор за здравството, да знаеме колку точно имаме бели мантили, или лекари, медицински сестри и друг стручен персонал, а колку од вработените се чувари, секретарки или друга администрација. Не може веднаш да се премине на намалување на бројот на вработени без прецизно да се знае во кој сектор какви профили на вработени недостигаат, а какви се вишок.

годинава се планирани 435 милиони евра за плати и надоместоци, а се проценува дека вкупната сума за плати во јавниот сектор кога ќе се вкалкулираат и вработените во општините, јавните претпријатија, е всушност двојно поголема.

Јавен vs. приватен сектор

Токму сигурната, но и многу повисока плата во јавниот сектор во споредба со многу сектори во приватниот сектор се проценува дека е главниот мотив „државната работа“ да биде најголем приоритет за младите. Истражувањата покажуваат дека дури 40% од младите посакуваат да работат

во јавната администрација, каде што според последните статистички податоци за лани, просечната плата изнесувала 26.734 денари. За споредба, во преработувачката индустрија во земјава, просечната плата е за третина пониска, односно изнесува 17.096 денари. Оттука, не изненадува поголемиот интерес на младите за вработување во „администрацискиот рај“ за државна плата. Она што ги загрижува експертите е што властите изминатите години станаа најголеми работодавачи и создадоа типичен

клинтелистички однос, преку кој, вработувања во јавната администрација им се возвраќаат со гласови на изборите, што во голема мера го загрозува и принципот за фер избори. Последиците од таквиот тренд, пак, освен партиски послушна, се непрофесионална, нестручна и нефункционална администрација. „Она што е позначајно е продуктивноста на јавната администрација, односно вредноста што таа ја произведува. Тука, сите ќе се согласиме дека продуктивноста е ниска. Јавна тајна е дека во администрацијата има вработени кои не одат на работа. Има вработени кои не се квалификувани за работните места на кои се примени. Оттука, ние итно треба да се зафатиме со проценка на продуктивноста на јавниот сектор, како таа се споредува со таа на приватниот сектор и како истата да се подобри“, оценуваат експертите. Една од клучните реформи која и Европската комисија ја бара од Македонија, е деполитизација и професионализација на администрацијата. Податоците од Државниот завод за статистика за 2016 година покажуваат дека во приватниот сектор, биле вработени 555.894 луѓе. Со тоа произлегува дека еден вработен во јавниот сектор, опслужува 4,3 вработени во приватниот сектор. nnn

БеСконтактни MasterCard картички од

Инфо центар: 02 3 111 111 www.unibank.com.mk


СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

ЖЕНИТЕ ВО БИЗНИСОТ

31 МАРТ

2017

Иако неоправдано потценети и запоставени - за што досега многу сме пишувале (причини, фактори, решенија...) - жените низ голем број примери од домашната пракса се покажале како еднакви, често и поуспешни бизнис лидери од своите машки колеги. Во специјалниот прилог “Жените во бизнисот “ ќе се позанимаваме токму со овие своевидни хероини на македонската економија: основачи или сопственици, а неретко и двете; претприемачи; главни или секторски менаџери; секакви профили на деловни жени кои што во растот и развојот на компаниите што ги поседуваат или работат во нив придонеле со парче од својата душа и срце. Во “Жените во бизнисот“ ќе може да прочитате:

l КОЈА Е КОЈА: НАЈУСПЕШНИ ЖЕНИ БИЗНИСМЕНИ ВО МАКЕДОНИЈА СПОРЕД КРИТЕРИУМИТЕ НА КАПИТАЛ l раст и развој на компаниите l пробив на странски пазари l иновативни продукти и процеси во бизнисот l придонес во развој на заедницата l ПРЕТСТАВУВАМЕ “ЛИДЕРИ ОД СЕНКА“: МЕНАЏЕРКИ ШТО НЕ СЕ СОПСТВЕНИЦИ НА БИЗНИСОТ, НИТУ НА CEO ПОЗИЦИЈА, НО ПРЕДВОДЕЈЌИ НАЈРАЗЛИЧНИ СЕКТОРИ HR, маркетинг, финансии, PR, итн. СО СВОЈАТА СПОСОБНОСТ СЕ ДОКАЖАЛЕ КАКО ЕДНИ ОД КЛУЧНИТЕ ФИГУРИ ЗА РАЗВОЈОТ И УСПЕХОТ НА КОМПАНИИТЕ ВО КОИ ШТО РАБОТАТ l КАКО МАКЕДОНСКИТЕ ЖЕНСКИ БИЗНИС ЛИДЕРИ ГО МЕНАЏИРААТ УСПЕХОТ: СОВЕТИ ЗА КАРИЕРАТА И БАЛАНСИРАН ЖИВОТ ОД ПРВА РАКА l ЗАПОЗНАЈТЕ ГИ НАЈМОЌНИТЕ ДИРЕКТОРКИ ВО РЕГИОНОТ И СВЕТОТ, СПОРЕД РАНГИРАЊАТА НА НАЈПРЕСТИЖНИТЕ БИЗНИС МЕДИУМИ НА ПЛАНЕТАВА Капитал, традиционално во специјалните прилози, ви нуди можност и за комерцијална презентација на успешните приказни на жените лидери, за што нашиот продажен тим подготви различни пакети.

Повеќе информации во врска со прилогот и за претставување во истиот можете да добиете на е-мail: marketing@kapital.com.mk l gordana.mihajlovska@kapital.mk или на телефонскиот број ++ 389 2 3298 505

ЛИЦE ЗА КОНТАКТ:

ГОРДАНА МИХАЈЛОВСКА


ГИ ГРАДИМЕ ВАШИТЕ СОНИШТА РАПИД БИЛД е градежна компанија која изведува објекти од секаков вид и тоа: станбени, деловни, индустриски објекти, магистрални гасоводи комплет со блок станици и главно мерно регулациони станици, атмосферски и фекални канализациони системи, патна инфраструктура со придружни објекти (подпатници, надпатници, пропусти, клучки), реконструкции, доградби итн. Главната одлика на компанијата е брза, квалитетна и современа изведба, која се должи на користење на најсовремена опрема и материјали за градба, имплементирање на светските стандарди за квалитет и менаџмент, како и поседување на тим составен од високо-професионален и стручен кадар. Во реализација на работите во областите на својата дејност секогаш ја запазува техничката регулатива, ги запазува етичките и стручни стандарди на оваа професија, а со своето работење го застапува интересот на својот инвеститор во рамки на законските прописи, интересот на општеството и угледот и репутацијата на професијата и професионалноста.

www.rapidbild.com.mk


www.kapital.mk

Капитал број 908 24.03.2017

24

ПОЛИТИКА

ДЕМОКРАТСКИТЕ ПРОЦЕСИ ОСТАНУВААТ БЛОКИРАНИ

ПОРАКИТЕ НА ХАН ЈАСНИ, НО ШТО АКО ОДНОВО НЕ БИДАТ СЛУШНАТИ? пишува:

Максим Ристески

maksim.risteski@kapital.mk фотографија:

И МИА

И по посетата на еврокомесарот Јоханес Хан и на тројката европратеници – Иво Вајгл, Едвард Кукан и Кнут Флекенштајн, нема никакво поместување на препреките кон излезот од политичката криза. Не само што неизвесноста остана, туку и дополнително се комплицира – партиите ги повторија нивните позиции уште додека тука беше Хан, а најавите што ги даваат ставовите на ВМРО-ДПМНЕ за изборот на претседател на Комисијата за избори и

именувања – при што оваа партија целосно го игнорира фактот дека во Собранието се одлучува со мнозинство на пратеници, и оти е сеедно дали одредена партија има најмногу мандати ако нема коалициски капацитет, покажуваат колку ќе биде тешко да се избере претседател на Парламентот. Хан и европратениците во својата заедничка изјава по средбите во Скопје во заклучокот изразија очекување, „во следните неколку денови да видиме сериозно и одговорно лидерство од страна на соодветните институции, кои ќе овозможат брзо формирање на нова и солидна коалиција“. Но, она што и недостасува на помошта од Брисел е одговорот на прашањето – а што ако и во следните денови не видиме сериозно и одговорно лидерство? Што понатаму? Особено ако се оглушат оние до кои е адресирана пораката на Хан „да се воздржат од било какви акции и изјави кои можат да предизвикаат меѓуетнички тензии или да ги влошат добрососедските односи“. Според тоа што го изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, откако во вторникот беше прекината координацијата на претставниците на парламентарните

групи за Комисијата за избори и именувања чие екипирање е услов за закажување на продолжението на конститутивната седница, ВМРО-ДПМНЕ смета дека секоја одлука што би ја донело Собранието без со истата да се согласи партијата на поранешниот премиер Никола Груевски, ќе биде донесена на сила. „Ако опстојат на одлуката да формираат некакво мнозинство или некаква влада без учество на најголемата пратеничка група во Собранието, треба да бидат свесни дека таквата постапка ќе носи со себе и политички и формално правни последици ... Доколку некој мисли дека треба со сила на надгласување ќе си ги сноси сите последици за понатамошните чекори“, изјави Димовски. Јасно е колку ваквата порака од ВМРОДПМНЕ ќе влијае запаливо на поддржувачите на „За заедничка Македо-нија“. Бесполезно е овде да се објаснува дека не постои друг начин да се носат одлуки во Собранието освен со мнозинство, и оти никакво право на вето немаат пратениците кои дискутираат и гласаат спротивно на мнозинството. Оттука, се сложуваме со лидерот на СДСМ,

ХАН: ВО ЕДНА ДЕМОКРАТИЈА СИТЕ МОРА ДА ГО ПРИЗН


www.kapital.mk

Капитал број 908 24.03.2017

25

Барем од она што јавно го изјавија сите протагонисти на денот на посетата на Хан, ЕУ не презентира сценарио што ако и натаму се блокираат демократските процеси. А парадигмата на ситуацијата ја долови Иванов кој како претседател на држава аспирант за членство во ЕУ, одби да го прими еврокомесарот, кога тој во придружба на тројца европратеници дојде овде по многу конкретен повод

Зоран Заев, кој по средбата со претставниците на Брисел, изјави дека „пораките на еврокомесарот и европските пратеници се јасни како бел ден“, но прашањето е колкав фактор е Европската унија во очите на оние кои таа јасно ги визира како виновници за ситуацијата во земјата за која е „сериозно загрижена“ и смета дека „нема време за губење“. Во контекстот, несериозно, да не речеме смешно звучи укажувањето до ВМРОДПМНЕ дека „некои земји во ЕУ не се сигурни дали Македонија и натаму треба да ја има препораката за почнување преговори за членство во Унијата“. Зашто Македонија сега е држава аспирант за членство во ЕУ, чиј претседател одби да го прими еврокомесарот за проширување, кога тој најавено, во придружба на тројца европратеници, дојде во земјата по многу конкретен повод. Барем од она што јавно го изјавија сите протагонисти на денот на посетата на Хан (не знаеме што сè било кажано во неколкучасовниот разговор на еврокомесарот со Груевски), ЕУ не презентира сценарио што ако и натаму се блокира

изборот на претседател на Парламентот, а да не зборуваме на нова влада. Парадигмата на ситуацијата ја отслика претседателот Ѓорѓе Иванов кога рече, ако го парафразираме, дека на Хан веќе му ги кажал своите ставови пред повеќе од месец, и нема потреба да му ги повторува, и оти тогаш и нему му било кажано тоа што еврокомесарот би сакал да му го каже и сега. Меѓу новинарските прашања до лидерите на парламентарните партии по средбите со Хан имаше и за можните европски санкции за функционерите за кои во Брисел сметаат дека „тактизираат, наместо да се однесуваат државнички (како што напиша еврокомесарот на Твитер)“, ризикувајќи ескалација. Претходно кредибилен европски извор за Аласт-М изјавил дека се разгледува опција за таргетирани рестриктивни мерки за Иванов поради одбивањето да ги одблокира (во рамките на своите можности) демократските процеси; односно, санкции што не би ги почувствувале граѓаните. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, по средбата со Хан рече дека не се разговарало за

санкции, исто како и лидерот на Алијансата на Албанците, Зијадин Села. Одредени аналитичари сметаат дека ВМРОДПМНЕ покрај двете алтернативи за излез од кризата што ги предлага - малцинска влада со откажување од албанската платформа од страна на Заев или нови предвремени парламентарни избори – во заднината всушност се залага за влегување во новата влада, со сите гаранции што раководството на партијата би ги добило во пакет. За вакво толкување остава простор делот од соопштението на ВМРО-ДПМНЕ за средбата со Хан, испорачано утрото по посетата на еврокомесарот и тројцата европратеници. „ВМРО-ДПМНЕ (пред Хан, н.з.) го потенцираше фактот дека мнозинството од македонскиот народ не може да биде оставено во опозиција и без право да учествува во раководењето и одлучувањето за иднината на својата држава, при тоа почитувајќи го истото право и на сите други граѓани“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. На ова упатува и погоре цитираната изјава на Илија Димовски, кој вели дека формирањето мнозинство и влада на другите

НААТ ПАРЛАМЕНТАРНОТО МНОЗИНСТВО


www.kapital.mk

Капитал број 908 24.03.2017

26

ПОЛИТИКА

партии без учество на ВМРО-ДПМНЕ како најголема пратеничка група во Собранието ќе значи сносење (од страна на новото парламентарно мнозинство на СДСМ) политички и формално правни последици.

„За ЕУ ќе биде легитимна и влада изгласана и без мандат од Иванов“

Според аналитичарот Петар Арсовски ситуацијата нема дополнително да се комплицира, но ќе се одолговлечи, за на крајот, ако Иванов не го дава мандатот на кандидатот на новото парламентарно мнозинство, тоа (мнозинството) да формира влада без даден мандат од претседателот, но која ќе биде сосем легитимна за Европската унија. „ЕУ имаше и има многу јасен став – очеку-ваат Иванов да се премисли и да го даде мандатот. Доколку тоа не се случи, евро-пратеникот Едвард Кукан официјално рече дека не гледаат проблем да се изгласа влада без добиен мандат од Иванов. Тоа може да се очекува од ЕУ – тие не можат место нас да седнат и да гласаат влада. Од ЕУ порачуваат дека таа влада би ја прифатиле како легитимна и би станала нивен легитимен партнер. Цело време имплицираат дека создаденото мнозинство во Собранието е основ за влада. ЕУ не може да ги спречи протестите, ниту пак да влијае на евентуалните одлуки на Уставниот суд“, вели Арсовски.

Во однос на најавите за санкции за обидите на претседателот на државата и на ВМРОДПМНЕ и натаму да ги блокираат процесите што следат со новото парламентарно мнозинство, аналитичарот смета дека за такво нешто сè уште нема услови. „Во оваа фаза топката е повторно кај нас. Не треба да очекуваме потези како санкции, заплена на имот или забрана за патување – тоа е сепак преголем чекор, за кој треба консензус во ЕУ, кој во моментов не може да се обезбеди“, смета Арсовски. Според него и реториката на ВМРО-ДПМНЕ која звучи запаливо во комбинација со расположението на протестите „За заедничка

Македонија“ не претставува голема опасност, туку е очекувано однесување од партија кога оди во опозиција. „За политичко насилство од страна на мнозинството во Парламентот опозицијата обвинува последниве дванаесет години. Не може изјавата на Димовски (погоре цитирана, н.з.) да се третира како нешто многу драматично“, вели аналитичарот, кој не очекува дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ризикува во обидот да ги спречи идните процеси што ќе се одвиваат во Собранието. „После првиот инцидент на тие собири, ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија ќе стане трајно избришана и од Албанците во


www.golf.com.mk

подготвен за иднината! новиот GOLF.

Уживајте во возењето на патот кон иднината. Новиот Golf е подготвен да ве однесе таму со збогатената стандардна опрема која сега вклучува: LED дневни и LED задни светла, 5 врати со електрика на предни и задни прозорци, автоматски двозонски клима уред Climatronic, радио Composition color со 6,5 инчен екран во боја осетлив на допир, мултифункционален кожен управувач со команди, USB, Bluetooth поврзување, 6 степен менувач, централен преден потпирач за раце, светла за магла со статичко осветлување во свиоци и многу повеќе.

GOLF TSI со 110кс од 15.990 € Порше Скопје бул. Босна и Херцеговина 4 1000 Скопје 02-26 26 266 / 02 / 26 26 466

АБ Ауто ул. Гоце Делчев бр. 107 2400 Струмица 034 325 443 / 034 325 443

АЛ & ДО Охрид Св.Еразмо Оровник-Дебарца 6000 Охрид 046 261 599 / 046 262 374

Volkswagen

(988.182 ден)

БИС Ауто Краварски пат бб 7000 Битола 047 236 314 / 047 231 507

Делукс Ауто ул. 500 бр.55, 1300 Куманово 031 444 999

Колевски Палмиро Тољати бб 1000 Скопје 02 521 454 / 02 25 21454

Старт ул. Борис Кидрич 1, 1442 Демир Капија 043/366-207; 366-504

Центрум Маршал Тито бб 1200 Тетово 044 351 333 / 044 351 335


РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ: 5 АПРИЛ 2017

ЕДНОДНЕВЕН ТРЕНИНГ:

ФИНАНСИИ ЗА НЕ-ФИНАНСИСКИ МЕНАЏЕРИ СО КОРИСТЕЊЕ НА ЕКСЕЛ l 7 април 2017 година l 10:00-16:00 часот Институт КОНЦЕПТ, Скопје Обуката е наменета за оние кои сакаат да го подобрат своето разбирање на финансиските аспекти на своите одлуки, во однос на тоа какво влијание имаат на билансот на успех, билансот на состојба или извештајот за парични текови. Преку комбинација на предавања со практични вежби и интерпретација на финансиските извештаи, оваа обука ќе им помогне да ја разберат моќта на финансиските податоци, со цел донесување на профитабилни деловни одлуки. НА КРАЈОТ НА ОБУКАТА, УЧЕСНИЦИТЕ ЌЕ БИДАТ ВО МОЖНОСТ ДА: l Планираат поефективно и да го разбираат финансикото влијание на одлуките

Креираат и анализираат финансиски податоци Анализираат финансиски извештаи l Разбираат клучни финансиски показатели l Анализираат податоци за продажбата и креираат соодветни маркетинг стратегии; l Користат Ексел алатки за анализа на финансиите. l l

Програмата за обуката е така дизајнирана да им обезбеди на менаџерите, кои не се на финансиски позиции, практично разбирање на финансиите и сметководството, како и да обезбеди разбирање и за слушатели кои немаат претходни знаења од сметководство и финансии. За повеќе информации посетете ја нашата веб страна: www.koncept.com.mk

КОНТАКТ: м-р Ленче Зикова и м-р Ирена Богоевска l e-mail: institut@koncept.com.mk l 02 3128 526 l 070 272 207

а

д у н о п а к с в Mарто

0 ден 0 5 5 е ц и л а н ерапии т о з е м x 3 т е Пак лација и п е а к с р е Лас ден 0 0 5 2 и н и - бик 00 ден 8 1 и в у з а п - под промотивните цени важат до 31.03.2017

тел: +389 2 / 321 66 08 www.ancevski.com.mk ancevski@laserlab.com.mk facebook / Ординација Д-р Анчевски Instagram / dr.ancevski


www.kapital.mk

Капитал број 908 24.03.2017

29 Македонија, и од меѓународната заедница. Таков инцидент стимулиран од политичка партија, истата ја става на црна листа засекогаш. Мислам дека ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи тоа да се случи“. И аналитичарот Имер Селмани, кој е поранешен вицепремиер, смета дека ЕУ нема да прифати ништо друго освен спроведување на демократските процеси. „Од посетата на високиот комесар Хан недвосмислена е пораката дека изборните резултати мора да се почитуваат, дека новото парламентарно мнозинство е веќе јасно, и дека мора да се почитува Уставот на Република Македонија. Ова се три едноставни и основни правила на едно демократско уредување. Хан беше јасен дека апсолутно немаме време за губење, и итно треба да се отвори патот да се избере претседател на Парламентот и новата влада. Секако, никој не очекува дека ВМРО-ДПМНЕ лесно ќе се откаже од намерата да биде дел и од новата влада, меѓутоа основните правила на демократијата се јасни – тој што има 61 пратеник во Парламентот составува влада“, вели Селмани. Тој смета дека во случај блокирањето на демократските процеси да потрае, со „аргументот“ дека новата влада ќе биде „тиранска“, подразбира голем ризик за државата. „Најголемиот проблем, што е крајна опасност

Е ПЕТАР АРСОВСКИ аналитичар:

У јасно очекува Иванов да се премисли и да го даде мандатот. Доколку тоа не се случи, Кукан официјално рече дека не гледаат проблем да се изгласа влада без добиен мандат од Иванов. Од ЕУ порачуваат дека таа влада би ја прифатиле како легитимна и би станала нивен легитимен партнер.

за иднината на државата во сегашнава ситуација, е тенденцијата демократската борба за власт да се пресели на полето на меѓуетничките односи. Тоа е премногу опасно за Македонија, и тука актерите, од која и да се страна, не смеат да си играат со оган. Ние, како држава, имаме доволно искуство, како и институции и Устав кои налагаат дека ваквите проблеми треба да се решаваат во рамките на институциите. Имаме Уставен суд, Парламент, претседател на државата – само треба да се почитува

К ИМЕР СЕЛМАНИ аналитичар:

рајна опасност за иднината на државата е тенденцијата демократската борба за власт да се пресели на полето на меѓуетничките односи. Извртувањето на тезите во правец дека опасноста доаѓа од страна на Албанците е премногу ризично. Тие што ја наметнуваат ваквата теза се најголемата опасност за државата.

Уставот. Извртувањето на тезите во правец дека опасноста доаѓа од страна на Албанците е премногу ризично. Тие што ја наметнуваат ваквата теза се најголемата опасност за државата, за самата Македонија. Би сакал да бидам демантиран, и разумот сепак да надвладее во следните денови, и претседателот на државата да покаже дека е претседател на сите граѓани, а не само на 450 илјади од нив, со тоа што ќе го почитува Уставот“, вели Селмани. nnn


Капитал број 908 24.03.2017

30

ДОСИЕ: АГРОКОР

www.kapital.mk


www.kapital.mk

Капитал број 908 24.03.2017

ДОСИЕ: АГРОКОР

31

НАЈГОЛЕМАТА БАЛКАНСКА КОМПАНИЈА ВО ФИНАНСИСКИ ПРОБЛЕМИ

КОЈ ЌЕ ГО СПАСУВА ТОДОРИЌ? Сопственикот на Агрокор, Ивица Тодориќ, наводно е на работ на губење на контролата врз концернот, јавува Bloomberg. Најголемата банка во Русија, државната Сбербанк е еден од најголемите доверители на Агрокор и деновиве се согласи на дополнителен кредит за групацијата. Иако Русите официјално изјавија дека не се заинтересирани за преземање на Агрокор, туку за стабилизирање и реструктуирање на компанијата, токму зад овие зборови, велат аналитичарите, се крие преземање на управувањето и сопственичко прегрупирање, кое што би траело со месеци и сè уште не се знае како ќе изгледа. Судбината на Агрокор, според нив, ги одредува и политичко – економските односи во регионот во периодот што следи.


www.kapital.mk

Капитал број 908 24.03.2017

32

ДОСИЕ: АГРОКОР БРОЈКИ

7

милијарди евра годишен приход има Агрокор

60

илјади вработени има концернот, од нив половина во Хрватска

3,4

милијарди евра должи Агрокор на кредитори

Трговскиот синџир Конзум, заедно со преземениот во 2014 словенечки Меркатор се клучните бизниси на Агрокор

Р пишува:

Игор Петровски

igor.petrovski@kapital.mk

Руската државна Sberbank се согласи и понатаму да го финансира хрватскиот концерн Агрокор кој што има проблеми со ликвидноста, е последната вест што можеше да се прочита на регионалните портали пред самото затворање на овој текст во вторникот, на 21.03. “Дополнителното финансирање ќе помогне во стабилизирање на тековната ликвидност на Агрокор. Без оглед на оперативните потешкотии во кои што се наоѓа концернот и можните моментални ограничувања, Sberbank продолжува со финансиската поддршка“, изјавија од руската банка, која што е еден од клучните кредитори на Агрокор, заедно со уште една руска државна банка, VTB. Претставниците од Sberbank се состанаа и со останатите банки главни доверители на концернот, и како прв чекор договориле, со помош на консултанти, изработка на план за ликвидност на Агрокор во

следните три месеци. Во Sberbank засега не може да го проценат износот потребен за дополнително финансирање на Агрокор. Од руската банка изјавија и дека не сакаат да управуваа со Агрокор, ниту да бидат негов сопственик. Ова е засега развојот на ситуацијата околу затетеравениот хрватски бизнис гигант, чиишто финансиски проблеми предизвикуваат вистинска драма во хрватската јавност, но и во регионот, затоа што Агрокор има свои операции и во Словенија, Србија и БиХ, а продава по целиот Балкан и пошироко. За решавање на кризата мобилизиран е и државниот врв, со оглед на стратешкото значење на овој концерн за националната економија, заради годишниот обрт од околу 7 милијарди евра и 60-те илјади вработени, од кои што половината се во Хрватска.

Како почна драмата?

Дека Агрокор има проблеми околу отплатата на кредитите што ги добил од руските банки, на почетокот од февруари прв навести рускиот амбасадор во Хрватска, Анвар Азимов, кој што на прес конференција кажа дека неговата земја очекува од Агрокор да ги исполни сите свои обврски по кредитите и дека во тој момент не се разгледувало одобрување на нов кредит за концернот, но ако тоа се побара, ќе биде дополнително дискутирано. Се проценува дека руската држава преку банките Sberbank и VTB држи околу 1,5 милијарди евра од вкупно 3,4 милијарди евра долг на Агрокор, како што пишува Вечерњи лист. Кон средината на февруари

2,2

милијарди евра е долгот кон добавувачи

рејтинг агенцијата Moody’s ја појасни својата одлука од почетокот на јануари, со која му даде рејтинг B3 со стабилни изгледи на Агрокор, истакнувајќи дека концернот има доволно ликвидност за отплата на сите долгови што доспеваат ви 2017. Од Moody’s тогаш објавија дека во 2017 Агрокор ќе има трошок за камати (што не вклучува т.н. PIK кредити (Payment In Kind – специфичен финансиски инструмент при што на должникот му се позајмуваат пари врз основа на имотот, а отплатата се извршува на крајот од договорениот период, н.з.) од 2,3 милијарди куни или 310 милиони евра. Тоа ќе апсорбира повеќе од половината на добивката пред оданочување на Агрокор, за која што Moodу’s проценува дека ќе биде околу 580 милиони евра. Евентуален неуспех во рефинансирањето на споменатите PIK кредити би можело да доведе до зголемување на долговите на групацијата на почетокот од 2018 година, заради новите клаузули во некои банкарски документи со кои што се специфицира дека овие кредити може веднаш да дојдат на наплата, или на 8 јуни 2018-та, што би можело да предизвика промени во контролата на компанијата.

Три сценарија за излез од кризата

Отворањето на приказната за големите проблеми на Агрокор и недостигот на официјални и прецизни информации предизвикаа хистерија од хрватската влада до пазарот на капитал. Акциите на компаниите на Агрокор во само еден ден потонаа за десетина проценти, а тоа

НЕИЗВЕСНОСТ: ШТО ЌЕ ЗНАЧИ ФИНАНСИСКАТА ИНЈЕКЦИЈА НА РУСКАТА SBE


www.kapital.mk

Капитал број 908 24.03.2017

33

СУШТИНАТА НА ПРОБЛЕМИТЕ НА АГРОКОР XX Долгот на Агрокор кон кредиторите изнесува 3,4 милијарди евра, а кон добавувачите 2,2 милијарди евра. Не само странски банки, туку и голем број домашни компании, особено од прехранбената индустрија се заглавени во зделки со концернот. Сè на сè, за најголемата хрватска и регионална компанија се врзува судбината на повеќе од 100 илјади луѓе. XX Односот помеѓу задолженоста и намалената оперативна добивка во 2016 во однос на 2015 г. беше клучен аргумент за рејтинг агенциите да го намалат кредитниот рејтинг на Агрокор, но поголема нервоза предизвика веста дека сопственикот на концернот, Ивица Тодориќ се откажал од финансискиот аранжман вреден 500 милиони евра со кого што требало да рефинансира дел од долгот што доаѓа на наплата. XX Аналитичарите велат дека технички гледано, најголем проблем не се кредитите кон руските државни

банки, туку прашина се крена бидејќи Агрокор има околу една година да најде пари за рефинансирање на т.н. PIK заем од безмалку 500 милиони евра, кој што доспева во мај 2018 година. Се работи за хибридни должнички хартии што не ги издал Агрокор, туку фирмата на Тодориќ Adria Group Holding со седиште во Холандија, која што е всушност сопственик на Агрокор. Гаранти за тој долг овој пат не се компании од системот на Агрокор, како Јамница, Ледо или Звијезда, туку самиот Тодориќ со своите акции. XX Во случај долгот да не се враќа, вложувачите во тие PIK обврзници стануваат сопственици на 90% од Агрокор. Гледано поединечно, главната изложеност кон странските кредитори, е долгот кон руските банки Sberbank и VTB od 1,5 милијарди евра. Sberbank е најголемата руска банка на која што држи една третина од тамошниот банкарски пазар, а основач и доминантен сопственик е Руската централна банка.

ERBANK ЗА АГРОКОР – СТАБИЛИЗАЦИЈА ИЛИ ПРЕЗЕМАЊЕ НА КОНТРОЛАТА?


www.kapital.mk

Капитал број 908 24.03.2017

34

ДОСИЕ: АГРОКОР

ТРИТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ НА ИВИЦА ТОДОРИЌ

Р

аботењето на Агрокор во регионот (Словенија, Србија, БиХ) е сосема солидно, како што пишува загрепски Jutarnji. hr, па инвеститорите во обидот да се реши драматичната ситуација во концернот ќе се фокусираат на проблемот што е првенствено во Хрватска. А, кои се проблемите во Хрватска? Пред одговорот на ова прашање треба да се нагласи, смета хрватскиот весник, дека Агрокор како животно дело на Ивица Тодориќ е во сериозни финансиски проблеми, но за Тодориќ како квалификација никако не би смеело да се каже дека е некаков шпекулант, несериозен човек, бизнисмен што ги поткраднувал своите компании или нешто слично пејоративно, што најголемиот хрватски капиталист неправедно би го ставило во погрешен контекст. Тоа, едноставно, би било малициозно и воопшто не би придонело во разјаснување на ситуацијата. Сепак, Тодориќ, како и сите менаџери на планетава, правел грешки. Три се клучни, смета Гојко Дрљача од Јутарњи вјесник: Прво, би можело да се каже дека премногу сакаше да биде пионер на обновата на хрватското производство, особено земјоделското. Да се издаде обврзница за да се оживеат големите земјоделски комбинати од социјализмот ПИК Винковци, Белје, Вупик...е визионерска идеја, но во земја како Хрватска, каде што голем земјоделски производител не може да очекува поддршка како во Франција, помалку е наивно да се издаде скапа обврзница, и така добиените пари да се потрошат во дејност со низок и премногу бавен поврат. Но, на Тодориќ денес мора да му се признае дека неговите комбинати се хрватска вредност, можеби имаат преголеми капацитети, но затоа се, ултрамодерни. Второ, Тодориќ очигледно беше преамбициозен и во сегментот на трговијата. Концернот имаше исклучителни вложувања во Конзум, кој што се судри со жестока странска конкуренција и криза. Во трговијата ја направија и судбинската инвестиција – словенечки Меркатор. Многумина генерали после битка денес толкуваат дека наводното преплаќање на Меркатор било клучната грешка. “На Тодориќ би требало да му се подигне споменик во Љубљана веднаш до оној на Прешерн, затоа

ИВИЦА ТОДОРИЌ: “Позицијата и опстанокот на Агрокор и неговите компании не се доведени во прашање.“

Преголем залет во земјоделското производство со помош на скапи обврзници; прескапата авантура со аквизицијата на словенечки Меркатор; и преголемото потпирање врз младиот и недоволно искусен прв човек за финансии во Агрокор се трите клучни грешки на Тодориќ според хрватските аналитичари. што го спаси Меркатор кој што беше во големи проблеми, а покрај тоа реши и значаен дел од проблемите на финансискиот сектор“, помалку цинично се пошегувал еден угледен словенечки менаџер, коментирајќи ја моменталната ситуација. Можеби денес ќе мора да се ревалоризира вредноста на Меркаторовиот бренд затоа што Агрокор очигледно го преценил, но Меркатор е сега во добра состојба, додека Агрокор, токму заради тоа, повеќе не е. Третата клучна грешка на Ивица Тодориќ која што отпосле сите ќе ја воочат лесно, е потценување на важноста на квалитетното финансиско менаџирање. Потпирањето на многу младиот Иван Црњац како одговорен за финансиски стратегии и ширење, како и пресудното влијание на членовите на семејството во врвот на организациската пирамида очигледно не беа најсреќно решение. Што се однесува на финансиите на концернот, засега најинтригантна е ситуацијата околу т.н. PIK Toggle заемот, односно 500-те милиони евра што Тодориќ треба еднократно да

ги врати. Вредноста на овој заем колабираше на 22%, што значи дека со теоретско купување на PIK Toggle, целата компанија се зема под контрола за 110 милиони евра. Што ќе биде со тоа, одговорот мора да го даде рускиот кредитор Сбербанка. Национално гледано, велат хрватските аналитичари, многу почувствителна е приказната со т.н. shadow banking (банкарство во сенка), со кое што е опкружен Агрокор. Да речеме дека долгот на Агрокор кон добавувачите од десетина милијарди куни (околу 1,35 милијарди евра) е нешто што може да се контролира, но тука е и проблемот со 5-6 милијарди куни (700-800 милиони евра) разни финансиски аранжмани со домашните компании. Имено, не е тајна дека низа угледни хрватски компании преку факторинг и меници го финансирале Агрокор и сега мора да се соочат со двојно чувствителна ситуација: како добавувачи и како финансиери. Во оваа втората позиција веројатно ќе мора да се соочат со драстично кратење на своите побарувања, ќе влезат во нови кредити и ќе се соочат со сериозно загрозени биланси.



www.kapital.mk

Капитал број 908 24.03.2017

36

ДОСИЕ: АГРОКОР

како по системот на врзани садови се прелеа и на сите останати компании што котираат на Загрепската берза. Во еден ден испарија околу 45 милиони евра, што говори за стравот во сите сегменти на економијата, но и за важноста на Агрокор за домашната и регионалната економија. За спасот на Агрокор аналитичарите во Хрватска направија три сценарија. Првото е финансиска инјекција за плаќање на долговите, кое што е најелегантен, но за жал, само привремен начин на решавање на проблемите. Евтина кредитна линија, според дел од Владата, може да се добие со лобирање и политичка поддршка на Агрокор, но државата не може да даде гаранција за најголемата хрватска компанија, туку само да лобира. Домашните банки немаат таков капацитет, тој кредит мора да се обезбеди надвор. Вториот модел што го застапува Владата, а за кого што зборуваат и добавувачите , па наводно и претставниците на Sberbank, е повлекување на Ивица Тодориќ од челната позиција, затоа што неговиот бизнис план не се покажал добар и потребен е нов. Поединци во државниот врв сметаат дека Владата не може да му помага на приватник, но секако сакаат да и помогнат на домашната економија која во голема мера зависи од концернот на Тодориќ. Заминувањето на Тодориќ и поставувањето на нов деловен план со нов менаџмент, можеби би вклучувало и продажба на поедини компании од концернот. Третото решение е претстечајна спогодба, но таа би ги уништила добавувачите. Тоа е опција за која се зборува во затворени кругови во Хрватска, која што овозможува преживување на презадолжената компанија и зачувување на работните места, но во овој модел најголеми губитници се добавувачите и доверителите, ако не се смета сопственикот кој што треба да се тргне настрана или да се сведе на малцински удел. Претстечајната спогодба во случај на гигант како Агрокор би била голем шок за пазарот, затоа што преку ноќ с$ би застанало, а доверителите со месеци би се натегале околу преземање на удели и губењето на сопствените пари. Во тој процес би загубила и државата затоа што би морала да се откаже од данокот во еднаква мера како и приватните доверители. nnn

ВКУПНИТЕ ОБВРСКИ НА АГРОКОР 5,83

* Во 2014-та се случува преземањето на Меркатор, со сè неговите долгови **За првите девет месеци

3,04 2011

3,46 2012

6,12

6,1

2015

2016**

3,85

2013

2014*

ПРЕКУ 2,5 МИЛИЈАРДИ ЕВРА ТРЕБА ДА ВРАТИ АГРОКОР СЛЕДНИТЕ ПЕТ ГОДИНИ Од 2011 до 2016г. долгорочните обврски на Агрокор пораснале за 150%, на 2,75 милијарди евра, а краткорочните за 73%, на 3,4 милијарди евра.

К

онсолидираните приходи на Агрокор, според финансискиот извештај за 2015, изнесувале речиси 6,8 милијарди евра. Најзначајниот дел од бизнисот, како што вели Вечерњи лист е малопродажбата во трговските синџири Конзум и Меркатор, овој вториот преземен од Агрокор во 2014 година. Од тоа што може да се види од финансиските извештаи, долгот на Агрокор има најголем скок токму во 2014-та, по преземањето на словенечкиот трговски синџир. Добар дел од тој долг го чинат обврските на Меркатор, кои што Агрокор ги презеде во моментот кога стана сопственик на 81% од акциите. Финансиските податоци за првите девет месеци од 2016-та покажуваат дека вкупните долгорочни обврски на Агрокор изнесуваат речиси 20,3 милијарди куни (2,75 милијарди евра), од што речиси 94% се кредити. Во краткорочни обврски, што вкупно изнесувале 25 милијарди куни (3,4 милијарди евра), најголемиот дел се обврски кон добавувачи, што достигнале околу 2,2 милијарди евра. Од 2011 наваму, долгорочните обврски на Агрокор пораснале за речиси 150%, или за повеќе од 1,6 милијарди евра, додека краткорочните обврски во истиот период пораснале за 73%, односно за 1,42 милијарди евра, при што обврските кон добавувачите на крајот од септември 2016-та биле речиси за 40% поголеми одошто на крајот од 2011 година. Според најновите расположливи податоци оваа година на концернот за наплата му доспеваат 468 милиони евра долгорочни банкарски кредити и обврзници, следната година 114 милиони евра, а во 2019 година 455 милиони евра. Во двете години што следат, доспевањата растат на 802 милиони во 2020 и 696 милиони евра во 2021 година.


РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ: 3 АПРИЛ 2017

ЕДНОДНЕВЕН ТРЕНИНГ:

„OUT OF THE BOX“ РАЗМИСЛУВАЊЕ – КРЕАТИВНОСТ И ИНОВАТИВНОСТ КАКО ПРЕДУСЛОВ ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА КОНКУРЕНТНОСТ НА КОМПАНИИТЕ ОБУКА НАМЕНЕТА ЗА СРЕДЕН И ВИСОК МЕНАЏМЕНТ l 5 април 2017 година l 10:00-16:00 часот Институт КОНЦЕПТ, Скопје Овој практичен тренинг ќе им претстави на менаџерите и специјалистите голем број на едноставни техники на креативно размислување, што можат да ги користат за генерирање идеи, решавање на проблемите на работа и сл. Примери од секојдневното работење ќе бидат дел од обуката, со цел да ги поттикнат учесниците и да им дадат потенцијални идеи коишто ќе можат да бидат имплементирани во нивното работење. Тренингот за креативност и иновации е дизајниран за да им помогне на поединците кои сакаат да ја зголемат својата способност за креативно размислување и како резултат на тоа лесно генерираат нови идеи. Тренингот се базира на вежби, дискусии, интеракција,

играње на улоги и примери и ситуации од секојдневното окружување. На крајот од тренингот, учесниците ќе имаат разбирање за природната креативност на одредени луѓе, но и начините на коишто може да се развијат креативните вештини. Ќе добијат информација за користење на методи, техники и алатки за креативно размислување, генерирање идеи и решавање на проблеми.

ПРЕДАВАЧ:

ЗОРАН ВИТАНОВ Со-сопственик на ТРЕЈД КОНСАЛТИНГ, претседател на Асоцијацијата на Менаџери на Македонија, Интернационален ЦЕФЕ тренер, Мотиватор.

За повеќе информации посетете ја нашата веб страна: www.koncept.com.mk

КОНТАКТ: м-р Ленче Зикова и м-р Ирена Богоевска l e-mail: institut@koncept.com.mk l 02 3128 526 l 070 272 207


Капитал број 908 24.03.2017

38

www.kapital.mk

БАЛКАН БИЗНИС И ПОЛИТИКА

ЛАУРА КОВЕШИ

ШЕФ НА НАЦИОНАЛНАТА АГЕНЦИЈА ЗА БОРБА СО КОРУПЦИЈАТА ВО РОМАНИЈА:

„СО НАШИТЕ ИСТРАГИ ВО ДРЖАВНИОТ БУЏЕТ СЕ ВРАТИЈА 660 МИЛИОНИ ЕВРА САМО ВО 2016“

КОВЕШИ: 85% ОД ИСТРАГИТЕ ЗА КОРУПЦИЈА ВО РОМ


www.kapital.mk

Н

Независнос т на с удскиот сис тем, независна специјализирана структура за борба со корупцијата, закони што ќе им дадат инструменти на обвинителите, и административна поддршка. Овие четири услови, како апсолутно задолжителни за борба со корупцијата, ги исцрта Лаура Ковеши - главниот обвинител на Националната агенција за борба со корупцијата во Романија, (ДНА) која претходната недела беше во Бугарија по покана на претседателот на тамошниот Врховен касационен суд, и учествуваше на конференција за романските антикорупциски искуства. Ковеши на конференцијата раскажа како функционира агенцијата што ја предводи, каква и е ефикасноста, и каква доверба ужива кај граѓаните. Таа рече дека иако главен обвинител, нема право да им кажува на обвинителите вработени во агенцијата да почнат или да затворат одредена истрага. Единствениот критериум што се проверува е дали има доволно докази во документите што ги изготвиле обвинителите. Ковеши потенцира дека во Романија одбивањето на обвинителството да почне истрага кога има индиции подлежи на судска контрола. Главниот обвинител на ДНА вели дека е многу важна независноста на обвинителите, која не смее да се заборави дека подразбира голема одговорност. Дополни дека дејствата на агенцијата се проверуваат на два начини – еднаш од страна на судот при поднесување на обвинението, а посебно дејствата од истрагата ги следи и судска инспекција, што е под контрола на Високиот судски совет. Освен ова, агенцијата не ги избира сама случаите на кои ќе работи, туку законот недвосмислено посочува кога и во какви околности овој орган почнува истрага. Ковеши изјави дека вработените во агенцијата не одат на работа со мислата – „ајде сега да почнам истрага за некој пратеник“, туку секое дејство мора да почива на законот. Лаура Ковеши објасни и како се избираат обвинителите што се дел од антикорупцискиот орган што таа го предводи. Имено, обвинителите со ваква амбиција поминуваат интервју на кое присуствува и психолог, за да оцени колку се проактивни и храбри, и како реагираат на стрес. Кандидатите за обвинители во ова специјално обвинителство треба да имаат

Капитал број 908 24.03.2017

БАЛКАН БИЗНИС И ПОЛИТИКА

39

Осудените за корупција во Романија во 2006 година, пред ерата на Ковеши, биле 155, а меѓу нив немало лица на одговорни државни позиции. Веќе во 2016 година нивниот број бил 870 осудени, меѓу кои има и министри, сенатори, пратеници, европратеник, судии, градоначалници и луѓе на други високи државни функции 6 години стаж (како обвинители), и откако ќе го поминат интервјуто, имињата на избраните се испраќаат до Високиот судски совет, кој го прави конечниот избор меѓу кандидатите. Ковеши откри дека од над 160 обвинители во агенцијата, 20 раководат со истрагите, а останатите ги застапуваат случаите во судските сали. Таму последниве внимателно ги слушаат аргументите на адвокатите на обвинетите и ги споделуваат со оние обвинители кои ја раководат конкретната истрага; потоа ги анализираат, и така заедно ја усовршуваат тезата на обвинителството. Романската антикорупционерка потенцира дека кога е во прашање профилот на обвинителите од агенцијата, за нив освен зачувувањето на достоинството, посветеноста и храброста, многу е важна и професионалната подготовка. Затоа во нејзината агенција обвинителите специјализираат за истражување и за

докажување на различни кривични дела – класична корупција, перење на пари, јавни набавки, злоупотреба на еврофондови ... „Не може да си сејадец“, изјави Ковеши, и дополни дека кога обвинителите се занимаваат и со кражби, и со убиства, и со корупција, тешко е да бидат добри во сè. Обвинителката рече дека 85% од истрагите за корупција во Романија почнуваат по сигнали од граѓани и од правни лица. Ковеши раскажа и за формирањето на заедничка комисија од обвинителите од агенцијата и од претставници на медиумите, на која разгледувале колку, кога и каква информација од истрагите да стане достапна за јавноста, за да не им се попречи на истите. Инаку, има одлука сите обвинителски и судски акти да бидат јавни. На овој начин секој обвинител внимава сè што работи да биде беспрекорно поткрепено од законот и од фактите, зашто знае дека тоа ќе биде ставено на

МАНИЈА СЕ ПО СИГНАЛИ ОД ГРАЃАНИ И ПРАВНИ ЛИЦА


www.kapital.mk

Капитал број 908 24.03.2017

40

БАЛКАН БИЗНИС И ПОЛИТИКА

увид и на јавноста. На ваков начин од 2016 година, во споредба со 2015, довербата кон институцијата од 30% се искачила на над 55%. Романската обвинителка објасни дека во нејзината агенција работат полицајци кои не се директно подредени на министерот за внатрешни работи, како и различни специјалисти, како финансиски и ИТ експерти. Агенцијата соработува и со орган што ги следи имотните состојби на судиите и на другите вршители на државни функции, зашто често откако ќе дознаат дека се предмет на истрага тие почнуваат да го префрлаат имотот во странство. На овој начин романските органи ги удвојуваат кривичните и финансиските истраги. Ковеши рече дека во вакви случаи е важна меѓународната соработка. Буџетот на агенцијата што ја предводи таа е 40 милиони евра, а овој орган за државниот буџет обезбедил над 660 милиони евра само минатата година. Како што вели обвинителката, успехот на агенцијата е успех на целото општество. Ковеши претстави и детална статистика за работата на нејзината агенција. На пример, осудените за корупција во 2006 година биле 155, а меѓу нив немало лица на

одговорни државни позиции. Веќе во 2016 година нивниот број е 870 осудени, меѓу кои има и министри, сенатори, пратеници, европратеник, судии, градоначалници и луѓе на други високи државни функции. Во оваа бројка влегуваат само правосилните пресуди, а освен нив има и друго 600 осудени, чии пресуди уште не влегле во сила. Лани романските судови вратиле само 6 дела во агенцијата. Ковеши рече дека помала е успешноста на агенцијата кога станува збор за одземањето на имунитетот на лица кои го имаат, а се под истрага. Тука успешноста е околу 50%. Во Романија има два вида имунитет – едниот е на претставниците на извршната власт – министрите, кои таму имаат доживотен имунитет за извршеното од нив во тек на мандатот. Тоа значи дека ако обвинителот не побара симнување на ваквата нивна заштита за време на нивниот мандат, после тоа нема како да го стори тоа. Во Романија нема специјализиран суд за предметите на агенцијата што ја предводи Ковеши, но таа потенцира дека од тоа нема ни потреба во услови на добра соработка со судовите. nnn

ДНА: ВРАТИЛА ВО ДРЖАВНИОТ БУЏЕТ 660 МИЛИОНИ ЕВРА САМО ЛАНИ ЧЕТВРТОК, АПРИЛ 20 20:30

КОКТЕЛ ЗА ДОБРЕДОЈДЕ

ПЕТОК, АПРИЛ 21 08:30 - 09:30

РЕГИСТРАЦИЈА НА УЧЕСНИЦИТЕ, ХОТЕЛ МЕТРОПОЛ, ФОАЈЕ

09:30 - 09:50

ВОВЕДНИ ГОВОРИ ЕЛИЗАБЕТА ЧИНГАРОВСКА ПРЕТСЕДАТЕЛ, КОМИСИЈА ЗА ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ ИВАН ШТЕРИЕВ ГЛАВЕН ИЗВРШЕН ДИРЕКТОР, МАКЕДОНСКА БЕРЗА

11:15 - 11:45

ПАУЗА ЗА КАФЕ

11:45 - 13:00

ПАНЕЛ 2: УПРАВУВАЊЕ СО “OTHERS PEOPLE MONEY” И ПАЗАРОТ НА КАПИТАЛ УЧЕСНИЦИ МИРОСЛАВ ЈУРИШИЌ ЧЛЕН НА УПРАВЕН ОДБОР, ERSTE ASSET MANAGEMENT, ХРВАТСКА

13:30 - 14:00

ПРОЦЕСОТ НА ФИНАНСИРАЊЕ НА СТАРТАПИ И НОВИТЕ ГЛОБАЛНИ ТРЕНДОВИ

МАРИЈА БОЈЧИНОВА ЧЛЕН НА ОДБОР, EXPAT ASSET MANAGEMENT, БУГАРИЈА

MIKE BAUR - СПЕЦИЈАЛНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА SERIAL SWISS EARLY STAGE STARTUP INVESTOR CO-FOUNDER & EXECUTIVE CHAIRMAN SWISS STARTUP FACTORY, ШВАЈЦАРИЈА

КЛИМЕ ПОПОСКИ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОВЕТ, АГЕНЦИЈА ЗА СУПЕРВИЗИЈА НА ОСИГУРУВАЊЕТО

14:00 - 15:30

ЏОН ЈОНОВСКИ PHALANX CAPITAL

ПАУЗА ЗА РУЧЕК

ДОДЕЛУВАЊЕ НА НАГРАДИ КРИСТАЛНО ЅВОНО - ЗА НАЈТРАНСПАРЕНТНИ КОТИРАНИ АКЦИОНЕРСКИ ДРУШТВА ЗА 2016 ГОДИНА

МОДЕРАТОР КИРИЛ ЈОВАНОВСКИ ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ, УКИМ, СКОПЈЕ

НОВИ ТРЕНДОВИ

НАГРАДИ ЗА ОВЛАСТЕНИ УЧЕСНИЦИ НА МАКЕДОНСКИОТ ПАЗАР ЗА ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ ЗА 2016 ГОДИНА

13:00 - 13:30

09:50 - 10:00

10:00 - 11:15

ПАНЕЛ 1: ПОГЛЕД ВО ИДНИНАТА: PUBLIC VS PRIVATE КОМПАНИИ УЧЕСНИЦИ ЃОРЃИ ПЕТРУШЕВ УПРАВИТЕЛ, М6 ИНВЕСТИЦИИ СИНИША КРНЕТА ДИРЕКТОР, БЕЛГРАДСКА БЕРЗА НИКОЛЧЕ ПЕТКОСКИ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УПРАВЕН ОДБОР, ЕУРОСТАНДАРД БАНКА

15:30 - 17:00

CROWDFUNDING HANNES TAKACS ПОМОШНИК ДИРЕКТОР, EBRD

ПРВИОТ МАКЕДОНСКИ ИНДЕКСИРАН ФОНД - ЗОШТО И КАКО?

ДАМИР БИЧАНИЌ FUNDERBEAM SEE, ХРВАТСКА

ГОРАН МАРКОВСКИ ГЛАВЕН ИЗВРШЕН ДИРЕКТОР, КБ ПУБЛИКУМ ИНВЕСТ

ДИГИТАЛИЗАЦИЈА НА СЕДНИЦИ НА ОДБОР НА ДИРЕКТОРИ И СОБРАНИЈА НА АКЦИОНЕРИ LISELOTTE HÄGERTZ ENGSTAM НЕИЗВРШЕН ЧЛЕН НА ОДБОР, СОВЕТНИК, STARTUP COACH, ШВЕДСКА

СРЕБРЕН СПОНЗОР R

ВЛИЈАНИЕ НА НОВИТЕ ТЕХНОЛОГИИ - BLOCKCHAIN (ВО ОЧЕКУВАЊЕ НА ПОТВРДА ОД ПРЕЗЕНТЕРОТ)

СПОНЗОРИ

19:30

ВЕЧЕРА

ВЛАДИМИР ТОДОРОВИЌ СОПСТВЕНИК, ТИНЕКС МОДЕРАТОР КИРИЛ ЈОВАНОВСКИ ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ, УКИМ, СКОПЈЕ

22:00

МЕДИУМСКИ ПОКРОВИТЕЛ

ЗАБАВЕН ПРОГРАМ

Повеќе информации на www.mse.mk


ШТО ДОБИВАТЕ СО ОН-ЛАЈН ПРЕТПЛАТА НА КАПИТАЛ: претплата на 1. Со електронското издание на Капитал

заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

за најава од 2.Можност три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

до електронското 3. Пристап издание од било каде во Светот

ШТО ДОБИВАТЕ СО ПРЕТПЛАТА НА ПЕЧАТЕНОТО ИЗДАНИЕ НА КАПИТАЛ: l 49 броја на редовното издание на Капитал l 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал l Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа l Платена поштарина l Вклучено ддв l Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози


www.kapital.mk

Капитал број 908 24.03.2017

42

СВЕТ БИЗНИС И ПОЛИТИКА

ПРЕГОВОРИТЕ ЗА БРЕГЗИТ ПОЧНУВААТ

БРИТАНСКАТА ПРЕМИ НАРЕДНИВЕ ДВЕ ГОД ЌЕ ВОЈУВА НА ТРИ ФР

С

Стана јасен и датумот кога ќе почнат преговорите меѓу Велика Британија и Европската унија за разделба. Тоа е 29 март. Во понеделникот постојаниот претставник на островската држава во

Брисел, сер Тим Бароу, и го најавил ова на Европската комисија, за нешто подоцна информацијата да ја потврди и портпаролот на премиерката на Обединетото Кралство, Тереза Меј. Со писмо, што Меј ќе го испрати до претседателот на Советот на ЕУ, Доналд Туск, идната среда, практично ќе биде активиран членот 50 од Лисабонскиот договор, по што ќе почне двегодишниот преговарачки процес. Во овој период Лондон и Брисел ќе треба да постигнат взаемно прифатлив

договор за идните меѓусебни односи. По официјалното известување ЕУ ќе има два дена да и одговори на Меј, а потоа ќе почне едномесечен процес на координација за заедничка европска позиција во преговорите. Тереза Меј минатата недела доби зелено светло да ги почне преговорите, откако успеа да се избори со противењето од Горниот дом на Парламентот во Вестминстер. Во обраќањето до Парламентот, Меј потцрта дека сè е на масата за преговори,

БЕРЛИН: И ПО БРЕГЗИТ, ЛОНДОН ДА ЈА ЗАДРЖИ


www.kapital.mk

Капитал број 908 24.03.2017

43

АТ НА 29 МАРТ

ИЕРКА ДИНИ РОНТА

но по одредени теми би требало да се постигне брз консензус – како за правата на граѓаните на ЕУ во Велика Британија, и реципрочните права на Британците во ЕУ. По други прашања, според зборовите на премиерката, ќе биде потешко да се дојде до консензус, како, на пример, британските плаќања кон буџетот на ЕУ и учеството на државата во заедничкиот пазар на ЕУ. Во новонастанатата ситуација премиерот на Обединетото Кралство ќе треба да војува на три фронта следниве две години.

Првиот фронт, секако, е со ЕУ, и најверојатно ќе вклучува и паралелни поединечни преговори со 27-те членки на Унијата зад грбот на ЕК. Вториот фронт ќе биде во Парламентот кој треба да донесе закони како дел од Брегзит процесот, при што се очекуваат турболенции поради поделеноста во однос на специфичните елементи на преговорите за излегување. А третиот фронт, што може да се покаже најтежок за конзервативната Влада, а и за иднината на Обединетото Кралство, е новиот референдум за независност на Шкотска Првиот, секако, е со ЕУ. Овде очекувањата на аналитичарите се дека поради малата веројатност во преговорите да се постигне консензус по одредени точки, Британија ќе се обиде да преговара паралелно со 27-те членки на Унијата зад грбот на Европската комисија. Вториот фронт ќе биде во Вестминстер – Парламентот ќе треба да донесе барем седум закони како дел од Брегзит процесот. Тие се поврзани со земјделството, со трговијата и царините, со заштитата на податоците, со риболовните политики, и, се разбира, со имиграцијата. При носењето на овие законски решенија се очекуваат турболенции во Парламентот поделен во однос на специфичните елементи

на Брегзит преговорите. Последниот, третиот фронт, може да се покаже најтежок за конзервативната Влада, а и за иднината на Обединетото Кралство. Шкотскиот премиер Никола Стерџон најави иницијатива за втор референдум за независност на Шкотска што би се одржал меѓу крајот на 2018 година и пролетта 2019 – на средината на преговорите меѓу Лондон и Брисел. Меј го критикуваше Стерџон, иако очекувањата се дека ќе го уважи барањето на Единбург, но ќе се обиде да го одложи датумот на референдумот. Шкотскиот не е единствен глас за одделување од Велика Британија. Северноирците од Шин Фејн, исто така, изјавија дека сакаат

И ВОДЕЧКАТА УЛОГА ВО ОДБРАНАТА НА ЕВРОПА


www.kapital.mk

Капитал број 908 24.03.2017

44

СВЕТ БИЗНИС И ПОЛИТИКА

референдум за одделување на Северна Ирска од Обединетото Кралство. Партијата (Шин Фејн) ја нема истата тежина како шкотските националисти, и веројатноста да издејствува/предизвика референдум е помала. Но, сигурно Лондон и Даблин ќе треба да договорат специјален режим по границата на островот Ирска. Како и да е, создавањето преговарачка рамка за Брегзит ќе биде сложен дипломатски процес во кој ќе се судрат различните визии за излегувањето на Велика Британија од ЕУ на државите-членки на

Унијата. Некои, како Германија, настојуваат да има „тврд“ излез на Британија, излегување на државата од заедничкиот/единствениот пазар и плаќање на парите што Лондон ги должи за буџетот на ЕУ до крајот на преговорите. Други, како источноевропските држави, ќе бидат повеќе за преговори со Лондон, и можат да работат на „омекнување“ на преговарачката рамка.

Заедничка одбрана и по разделбата

Во исто време стана јасно дека Германија и Велика Британија ќе потпишат зделка за соработка во одбраната, во обид да се зацврсти пост-Брегзит улогата на Лондон во заедничката европска одбранбена политика, пишува Фајненшл Тајмс. Според весникот, со овој потег премиерката Меј се обидува да го потцрта ангажманот на државата во одбраната на ЕУ, и да го одоброволи Брисел пред почетокот на преговорите. Од изворите што ги цитира британскиот весник станува јасно дека Лондон работи на „заедничка визија за идната соработка“, а германското Министерство за одбрана потврдило дека ќе учествува во заеднички проекти со британските колеги. „Независно од ефектите на Брегзит, Велика Британија останува силен партнер и сојузник во НАТО, а така ќе биде и обратно, од страна на Алијансата“, изјавиле од Министерството за одбрана на Германија за ФТ. Се очекува договорот да опфати области како кибернетичка безбедност и поморски патроли. Министерот за одбрана на Велика Британија, сер Мајкл Фалон, со месеци посетува повеќе европски држави, за да ги увери сојузниците дека Лондон нема да се откаже од својата одговорна улога во заедничката европска и северноатланска одбранбена политика.

Стравот од повлекување на САД

Берлин од своја страна, пак, сè повеќе стравува за иднината на НАТО и за улогата на Алијансата во Европа, поради доаѓањето на власт на претседателот Доналд Трамп. Трамп веќе повеќе пати изјави дека секој треба да си го плаќа својот дел од сметката за НАТО. За време на средбата со германската канцеларка Ангела Меркел во Вашингтон, Трамп изјави дека Германија му должи милијарди на САД поради НАТО. „Многу држави ни должат огромни суми пари од претходните години, и тоа е многу нечесна поставеност кон САД. Овие нации треба да си ги платат долговите“, изјави американскиот претседател. Меркел, од своја страна потцрта дека Германија ќе работи во насока да ја постигне целта, 2% од БДП на државата да одат за одбрана, како што лидерите на Алијансата договорија во 2014 година. Лондон веќе ги поддржа своите намери со дејствување – минатата недела Велика Британија испрати дел од својот 5-ти пешадиски баталјон во Естонија. Првите 120 војници од баталјонот ќе создадат команден штаб на дополнителните армиски единици кои наскоро ќе бидат испратени во балтичката држава. Освен Британците, по покана на естонската Влада таму ќе пристигнат и француски и дански единици, што ќе ја засилат одбраната на источното европско крило. nnn


They say diamonds are forever… and so is an MBA!

Enjoy the most Valuable classroom experience – real life Harvard Business School case studies, business simulations and participant centered learning that enhance your strategic decisionmaking skills and critical thinking

a Rare opportunity to learn alongside esteemed professionals in order to build an extensive and exclusive network of useful contacts which could lead to new business opportunities The most Desirable and sought after degree in the world by employers, entrepreneurs and future leaders

World-class curriculum that applies a global outlook on current issues, taught by international faculty from top –tier schools with a rich portfolio of expertise

A brilliant cut to fit your demanding work schedule and maintain your work – life balance, giving you more flexibility to acquire the skills and experiences to fulfil your career objectives

Access to the Highest Quality internationally accredited degree by the Accreditation Council for Business Schools and Programs (USA) created as a combination of European and American educational standards

So don't lose a diamond, while chasing glitter! Enroll at the UACS MBA program! За повеќе информации: Бул. Трета македонска бригада бр. 60, 1000 Скопје Телефон: + 389 (0) 2 2463 156; 2463 159 Е-пошта: graduate@uacs.edu.mk

www.uacs.edu.mk

UACS SKOPJE

UACSKOPJE

YOUTUBE.COM/USER/UACSKOPJE

UACSKOPJE


www.kapital.mk

Капитал број 908 24.03.2017

46

ЛУЃЕ И КОМПАНИИ

УПРАВУВАЊЕ СО ЛИКВИДНОСТА И CASH GAP

П

роблемите на најголемата хрватска и регионална компанија Агрокор за кои што имаме цела тема во овој број на Капитал, според тамошните аналитичари во голем дел се заради недоволно квалитетниот финансиски менаџмент воден од концернот последниве години. Агрокор има проблеми со ликвидноста, односно, со способноста да ги менаџира своите побарувања и обврски во моментов, и сега судбината ќе му ја решаваат неколку банки што се најголеми кредитори на компанијата. Ова што се случува со Агрокор, уште еднаш само потврдува дека во денешното динамично опкружување, менаџментот повеќе од кога било мора да внимава на ликвидноста која го осигурува идното работење на компанијата. Сe помалку има на располагање готовина, а задача на секој успешен менаџер е да знае да управува со средствата на вистински начин. Кои алатки треба да се користат и на кој начин тие влијаат на зголемување на профитабилноста на компанијата? Едноставно применливиот модел cash gap им помага на менаџерите да утврдат како нивните постапки влијаат на готовинскиот тек на компанијата. Cash gap претставува број на денови меѓу плаќањето на добавувачите за купените производи или услуги и потребниот број денови тие да се продадат и наплатат од нашите купувачи. Cash gap може да се унапреди на следниве начини: XX со зголемување на периодот на плаќање на добавувачите

Xсо X намалување на деновите на наплата од купувачите Xсо X намалување на деновите на врзување на производите на залиха Cash gap = број на денови на врзување на производите на залиха + денови на врзување на купувачите – денови на врзување на добавувачите. Cash gap го покажува бројот на денови кога плаќањето на добавувачите не може да биде финансирано од редовното работење на компанијата, туку од други извори.

Cash gap директно влијае на приходот на компанијата

Користењето туѓ капитал вклучува дополнителни трошоци за камата. Меѓутоа, и сопствениот капитал има своја цена, односно опортунитетен трошок или друга корист која би можеле да ја оствариме доколку не би морале да ги вложиме парите во покривање на cash gap.

Применливиот модел cash gap им помага на менаџерите да утврдат како нивните постапки влијаат на готовинскиот тек на компанијата. На пример, промената на бројот на денови на врзување на производите на залиха директно влијае на cash gap и на големината на добивката на компанијата. Во следниот пример евидентно е дека cash gap на компанијата е 80 дена. Cash gap директно влијае на приходот на компанијата. Доколку просечните обврски на компанијата се околу 36.500.000 денари, а цената на капиталот е 10% на годишно ниво, трошокот на капиталот ќе го добиеме на следниот начин: X36.500.000/365 X х 80 = 8.000.000 денари. Тоа е износ кој не можеме да им го исплатиме навремено на добавувачите X8.000.000 X х 10% = 800.000 денари е трошокот за капиталот и намалување на добивката на компанијата

Доколку го намалиме времето на врзување на залихите на 20 дена под претпоставка сите параметри да останат исти трошокот за капитал ќе биде следниот: XCash X gap се намалува за 20 дена и сега изнесува само 60 дена. Намалувањето на cash gap за 20 дена резултира со намалување на трошоците за капитал за 200.000 денари, односно сега изнесува 600.000 денари. Сево ова ни покажува дека добивката на компанијата ќе се зголеми за 200.000 денари. Сево ова ни покажува колку е важно следењето на cash gap за профитабилноста на компанијата. nnn

ПРАВИЛО: СЛЕДЕЊЕТО НА CASH GAP E ВАЖНО ЗА ПРОФИТАБИЛНОСТА


www.kapital.mk

Капитал број 907 17.03.2017

47 ЕКСПЕРТИТЕ ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ СОВЕТУВААТ

РАЗВИВАЈТЕ ГО СРЕДНИОТ И ВИШИОТ МЕНАЏМЕНТ ЗА ДА НЕ ПРОПАДНЕТЕ Токму во неуспехот на сопственикот на бизнисот да ги развива своите вработени, е и причината што подоцна не гледа соодветни луѓе на кои што може да им префрли дел од задачите. пишува:

Игор Петровски

M

igor.petrovski@kapital.mk

ој близок пријател неодамна имаше убав повод за честење: добил унапредување во компанијата каде што работи веќе десетина години, односно станал директор на еден од клучните сектори. Компанијата е од информатичкиот сектор, една од најстарите од тој тип во земјава, а нејзиниот основач и сопственик, а воедно и генерален менаџер, на неколку врвни позиции досега има поставено луѓе кои што се подолго време во фирмата, односно се покажале како способни и лојални вработени. Според кажувањата на пријателов, неговиот “газда“ има практика околу себе да ги собере за најблиски соработници токму луѓето што се развивале и “пораснале“ во компанијата. Компанијата е речиси 20 години активна на пазарот, последниве години се рашири со своите услуги и во околните земји, па нејзиниот сопственик почнал да чувствува дека растот на фирмата веќе ги надраснал неговите капацитети за раководење. Затоа и поголем дел од суштинските процеси во фирмата почнал да ги делегира на своите најблиски соработници, па со тек на време, се формирале менаџерските позиции за продажба, финансии, маркетинг, логистика и останатите. Со истите тешкотии, или предизвик да се управува фирмата која ги надраснува капацитетите на основачот/сопственикот/ главниот менаџер се соочуваат уште многу македонски компании, сигурно едно 90% од оние со кои што досега Капитал комуницирал. Компаниите создадени уште во социјалистичкиот систем имаа свои оддели за човечки ресурси, во тоа време обично нарекувани

“кадрово одделение“, кои што главно беа задолжени за пријавување и одјавување работници, плати, награди, казни... Поголемите социјалистички компании што се приватизираа продолжија со практиката управувањето со човечките ресурси да го сведат на овие помалку или повеќе административни работи. Сè додека кај некои од нив не дојде странски капитал и со себе донесе know-how за процесите на менаџмент, меѓу кои и за менаџирањето со вработените. Постепено во таквите компании се оформија сериозни оддели за човечки ресурси, кои што се грижат за развојот на капацитетите на своите вработени, преку обуки, тренинзи, програми за мотивација и сл. Сериозни оддели за човечки ресурси имаат и компаниите кои што дојдоа како директни странски инвестиции, односно од почеток почнаа да ја градат својата кадровска структура.

Страв од делегирање

Да се позанимаваме сега малку со компаниите оригинално создадени во почетокот на 90-те години или подоцна, од типот на онаа каде што работи мојот пријател од почетокот на овој текст. Таа е пример каде што сопственикот успешно ги делегирал обврските, но што станува со оние каде што “газдата“ не ги развива своите луѓе, туку сите конци и понатаму ги држи во своите раце. Токму во неуспехот на сопственикот на бизнисот да ги развива своите вработени, е и причината што подоцна не гледа соодветни

луѓе на кои што може да им префрли дел од задачите, велат експертите за човечки ресурси. Колку и да се обидуваат сопствениците на компаниите да ги избегнуваат промените, во еден момент иднината на компанијата треба да се стави пред личните интереси и пред желбата да се биде незаменлив. Новите времиња бараат нови луѓе, а растот на компанијата и нови тимови. Во овој контекст и прашањето за развој и задржување на вработени на секое ниво од менаџментот: без воспоставени процеси и систем за кариерен пат на вработените и нивен развој, ова прашање е оставено на случајноста. Голем број од македонските мали и средни компании немаат јасни системи за управување со човекови ресурси и ја плаќаат цената која лесно се пресметува и во бројки- трошокот за замена на еден вработен слободно може да се пресмета од шестмесечната плата предвидена за тоа работно место, плус трошоците за регрутација (оглас за вработување, интервјуа и сл). Вака земено, долгорочното планирање е секогаш подобра опцијa. Големите светски компании имаат развени стратегии за развој на таленти (водење на вработените низ структурата на компанијата и развивање на нивниот потенцијал). Тој процес во себе најчесто носи компонента на планирање на наследниците, односно вработените кои имаат потенцијал, еден ден, да застанат на самиот врв од компаниската пирамида. nnn

СОВЕТ: ИДНИНАТА НА КОМПАНИЈАТА ТРЕБА ДА Е ПРЕД ЛИЧНИТЕ ИНТЕРЕСИ


www.kapital.mk

Капитал број 908 24.03.2017

48

ЛУЃЕ И КОМПАНИИ

РЕКОА ЗА... ПРОДУКТИВНОСТА

Н

екогаш е потребно само некoja изјава за да ве пренасочи во друга насока и да ве мотивира да бидете попродуктивни. Многумина сакаат да бидат продуктивни, но зголемувањето на

продуктивноста не доаѓа сама од себе. Некогаш е потребно само некoja мотивациска изјава за да ве пренасочи во друга насока. Еве неколку моќни изјави кои можат да ве мотивираат да бидете помотивирани:

Треба само неколку работи во вашиот живот да ги направите на вистински начин, се додека не правите повеќе работи на погрешен начин.

Додека не успеете да го менаџирате времето, не можете ништо друго да менџирате.

ПИТЕР ДРАКЕР менаџмент експерт

ВОРЕН БАФЕТ

американски милијардер и инвеститор

Клучот не е во тоа да се приоритизира тоа што е во вашиот распоред, туку да ги распоредите вашите приоритети.

Работата ќе ви одземе голем дел од вашиот живот и единствен начин да бидете задоволен е да го правите што верувате дека е одлична работа. Е единствен начин да направите одчилна работа е да го сакате тоа што го работите. Ако се уште не сте ја нашле, продолжете да ја барате. Ќе знаете кога ќе ја најдете.

Не ја мешајте активноста со продуктивноста. Многу луѓе се едноставно зафатени со тоа да се зафатени.

СТИВЕН КОВЕИ американски бизнисмен

РОБИН ШАРМА

автори и мотивациски говорник

Работи напорно, забавувај се и прави историја.

СТИВ ЏОБС

иноватор и бизнисмен

ЏЕФ БЕЗОС бизнисмен



www.kapital.mk

Капитал број 908 24.03.2017

50

ЛИДЕРИ

АНА ВИНТУР УРЕДНИК НА VOGUE

НАЈДОБАР НАЧИН ДА ГО ОСТВАРИТЕ СОНОТ Е ДА СЕ РАЗБУДИТЕ Мислам дека секој треба да биде отпуштен барем еднаш во животот, затоа што перфекција не постои. Треба да имате и подеми и падови, од тоа учите.

Многу мразам нерешителност. Дури и да сум сосема несигурна, ќе се преправам дека знам точно за што зборувам и ќе донесам одлука на крајот.

Кога ќе слушнам за некоја компанија дека ја води тим, ми се плаче. Треба да имате лидер со визија и срце што може да ги движи работите напред.

Многу сум добра во делегирање – луѓето работат подобро кога имаат вистинско чувство на одговорност. Но, истовремено, не сакам изненадувања. Сакам да знам што се случува во секој момент.

С

о својот заштитен знак фризурата со шишки и темните очила, Винтур е една од најмоќните фигури во светот на модата, возвишувана заради нејзиното остро око за модните трендови и поддршката на младите дизајнери. Речиси 30 години главен уредник на модното списание Vogue, позната е по својата ладнокрвност, која на моменти наликува на суровост и бесчувствителност, перфекционизмот и цврстата контрола врз нештата. Затоа некои ја нарекуваат и “Нуклеарната Винтур“, а таа само вели дека си ја работа својата работа.

Модата значи гледање напред, не назад. Така и јас гледам во животот.

Најдобар начин да го остварите сонот е да се разбудите.

Не се потпирам баш многу на пазарни истражувања. Попрво ги следам сопствените инстинкти.




Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.