909 kapital magazin

Page 1

COVER STORY ТОП 10 ИЗВОЗНИ ПАЗАРИ НА МАКЕДОНИЈА

ИСТРАЖУВАЊЕ 10 ФИРМИ ДОБИЛЕ ТРЕТИНА ОД ОПШТИНСКИТЕ ТЕНДЕРИ ЛАНИ

Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

СВЕТ КОЛКУ ЌЕ ЧИНИ ИЗЛЕЗОТ НА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ОД ЕУ?

WWW.KAPITAL.MK

ДАЛИ ЕВРОПА ГО СТАВА РЕГИОНОТ ВО

БАВНА БРЗИНА?! БИЗНИСОТ НАВИВА ЗА ЕКОНОМСКА УНИЈА НА БАЛКАНОТ 31 СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ ЖЕНИТЕ ВО БИЗНИСОТ МАРТ

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

ЖЕНИТЕ ВО БИЗНИСОТ

КОЈА Е КОЈА

БРОЈ 909 | ЦЕНА 100 ДЕН. НАЈУСПЕШНИ ЖЕНИ | ГОДИНА 18 31 МАРТ 2017 | ПЕТОК

БИЗНИСМЕНИ ВО МАКЕДОНИЈА СПОРЕД КРИТЕРИУМИТЕ НА КАПИТАЛ l РАСТ И РАЗВОЈ НА КОМПАНИИТЕ l ПРОБИВ НА СТРАНСКИ ПАЗАРИ l ИНОВАТИВНИ ПРОДУКТИ И ПРОЦЕСИ ВО БИЗНИСОТ

2017

15 УСПЕШНИ И ВЛИЈАТЕЛНИ ЖЕНИ ВО МАКЕДОНСКИОТ БИЗНИС МЕНАЏМЕНТ: КАКО ДА УПРАВУВАТЕ СО ЛИКВИДНОСТА?



3

Капитал број 909 31.03.2017

СОДРЖИНА

04 04

ПРОФИЛ

Ако му поминат уставните измени на 16 април: Ердоган заговара втор референдум за членството во ЕУ

06

НАВИГАТОР

08

COVER STORY

16

10 фирми добиле третина од општинските тендери лани Што извезува Македонија? Топ 10 извозни пазари

АНАЛИЗА

Дали Европа го става регионот во бавна брзина?! Бизнисот навива за економска унија на Балканот

26

08 23

КOO

25

ЖЕНИТЕ ВО БИЗНИСОТ

ПроКредит Банка е дел од тимот кој го поддржа проектот за зелени билборди во Скопје и Тетово 15 успешни и влијателни жени во македонскиот бизнис n Жените се уште се платени помалку од машките колеги n Зошто е добро да има повеќе жени во високиот менаџмент? n Дамите во адора инженеринг создаваат домови со илјадници среќни мигови на м²

46

СВЕТ БИЗНИС

50

СВЕТ

54

ЛУЃЕ И КОМПАНИИ

n

56 58

Британската премиерка наредниве две години ќе војува на три фронта Големите нафтени компании ги заменуваат нафтените платформи со ветерни фарми Управување со ликвидноста и cash gap

ЛУЃЕ И КОМПАНИИ Рекоа за... Стартапи

ЛИДЕРИ ЧЕД ХАРЛИ

ко-основач и поранешен директор на YouTube

ЦАРИНСКА УНИЈА

БИЗНИС ЛИДЕР(К)И

ВЕТЕР И НАФТА

Додека најбогатите европски земји работат на документи за иднината на Европската Унија и брзините на развој, обидот за наметнување на идејата за Европа во повеќе брзини се чини нуди решение и за Балканот. Во последно време се поконкретни и охрабрувачки се иницијативите на некои европски и регионални политичари за формирање на регионални сојузи на држави на Балканот. Царинска унија меѓу земјите од Западен Балкан, Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Албанија ќе биде главната тема на самитот на лидери на овие земји и ЕУ што ќе се одржи во јули годинава во Трст.

Капитал по втор пат објавува листа на најуспешни и највлијателни жени во македонскиот бизнис. На годинешната листа се најдоа 15 жени кои се на високи менаџерски позиции или членови во управни одбори на компании, банки, фабрики, маркетинг компании, жени кои основале свој приватен бизнис и успешно го развиваат надвор од границите на државата. Сигурно во Македонија има многу повеќе жени со импресивни приказни за успех во бизнисот, жени кои ги менуваат работите на македонската бизнис сцена. Годинава одбравме 15 од нив, кој на оваа листа е најдоа според функцијата која ја извршуваат, растот и развојот на компанијата со која управуваат, според пробивот на странските пазари, итн.

Royal Dutch Shell, Statoil и Eni се насочуваат кон изградба на крајбрежни ветерни фарми за неколку милијарди долари во Северното Море и на други локации. Тие почнуваат да ги победуваат и водечките енергетски снабдувачи, вклучително и Dong Energy и Vattenfall, на конкурентните тендери за договори за закуп на електрична енергија, а овие компании веќе се специјализирани во изградбата на огромни турбини во морето. Нафтените гиганти секако имаат причини да навлезат во индустријата. Тие декади по ред поминаа во изградба на крајбрежни нафтени проекти, а овој бизнис ослабува на места каде полињата се пресушени.

XX Стр.16

XX Стр. 26

XX Стр.50

Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје l Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31 l П. ФАХ 503, 1000 Скопје l Директор и одговорен уредник: Љупчо Зиков l Печати: Графички центар Скопје, ул. Скупи бб, 1000 Скопје l Тираж: 3.000 примероци l Датум на печатење: 30.03.2017


Капитал број 908 24.03.2017

www.kapital.mk

ПРОФИЛ 4

АКО МУ ПОМИНАТ УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ НА 16 АПРИЛ:

ЕРДОГАН ЗАГОВАРА ВТОР РЕФЕРЕНДУМ ЗА ЧЛЕНСТВОТО ВО ЕУ

Целосна ревизија на односите со Европа, побара турскиот претседател, ако Турците на референдумот за уставните измени и формално ја сконцентрираат власта кај него, на што се противи ЕУ

ЕРДОГАН: 16 АПРИЛ Е ПРЕСВРТНА ТОЧКА ЗА НАС


www.kapital.mk

Капитал број 909 31.03.2017

T

Турција може да спроведе референдум и за тоа дали да ги продолжи преговорите за членство во Европската унија, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. „На 16 април спроведуваме референдум, и потоа може да одлучиме да направиме и втор (референдум, н.з.) за преговорите за членство во ЕУ, по што ќе се усогласиме со волјата на народот“, изјави Ердоган на форум во Анталија. А пред тоа во телевизиско интервју кажа дека претстои целосна ревизија на односите со Европа. Во тек на последните месеци односите меѓу Турција и повеќе држави од Европската унија значително се влошија. Поводот беше масовната чистка на десетици илјади турски административци, воени старешини, полицајци, судии, професори, научници, новинари ..., по обидот за преврат во државата од 15 јули 2016 година. Дополнителни тензии предизвикаа обидите на турските министри да агитираа во турските заедници во Европа во корист на уставните промени што ќе му дадат многу повеќе власт на Ердоган, ако бидат одобрени од Турците на референдумот следниот месец. Последниот амбасадор (до затворањето на текстот) што беше повикан да ја објаснува позицијата на својата земја во Анкара беше тој на Швајцарија, а поводот беше протест на илјади Курди во државата што го обвинуваат претседателот за диктаторско поведение.

„Не сме слуга на никого“

Во саботата (25 март) Ердоган рече дека неговата држава нема да игра по гајдата на кого и да е во спорот. „Тие велат дека нема да нè примат, ако на 16 април резултат од референдумот е победа за гласовите „да“. Сакаат тие да одлучуваат место нас. Да ни ја олеснат работата. Зашто така тие можат да нè натераат побрзо да донесеме одлука. 16 април е пресвртна точка за нас. Затоа и гласањето со „да“ е толку важно. Ќе го разгледаме сето тоа многу подробно, зашто Турција веќе не е ничиј слуга. Секој треба да го знае тоа“, ги цитираше зборовите на Ердоган весникот Хуриет. Почетокот на интегрирањето на Турција во ЕУ почна пред неколку децении – уште во 1959 година, односно, две години по потпишувањето на Римските договори. Во 1963 година двете страни потпишаа Договор за асоцирање, со цел создавање на царинска унија меѓу европскиот и турскиот пазар. Ваквата унија стана факт дури во 1995 година. „Чекаме на прагот (на ЕУ, н.з.) веќе 54 години“, изјави Ердоган во саботата.

PROFILE

5

ИЗЕДНАЧЕНО „ЗА“ И „ПРОТИВ“ РАСПОЛОЖЕНИЕТО НА ТУРЦИТЕ ДАЛИ ЕРДОГАН ДА ГО НАПРАВАТ НЕПРИКОСНОВЕН ВЛАДЕТЕЛ

О

пциите „за“ и „против“ уставните измени со кои треба да се воведе претседателски систем во Турција, имаат изедначени шанси на претстојниот референдум закажан 16 април, покажуваат резултатите од анкетите на јавното мислење на турските социолошки агенции. Во интервју за весникот „Хуриет дејли њуз“, директорот на агенцијата „Конда“, Бекир Агардар, вели дека двете опции „си дишат во врат“. Агардар наведе дека кај поддржувачите на уставните реформи има „доза на колебање“ и покрај побројното гласачко тело на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП), во однос на противничката група на опозициските Републиканска народна партија (ЦХП) и курдската Демократска партија на народите (ХДП). „Речиси половина од гласачите на Партијата на националистичкото движење (МХП), која ги поддржа реформите во Парламентот, исто така планираат да гласаат „против“ на референдумот на 16 април“, нагласи Агардар, додавајќи дека една четвртина од останатите избирачи сè уште не одлучиле како ќе гласаат. Агенцијата за истражување на мислењето на јавноста, „Гезиџи“, чии прогнози традиционално се покажуваат точни, во јануари предвиде дека околу 58% од избирачите ќе се изјаснат „против“ уставните измени.

Замрзнат процес

Во 1987 година, властите во Анкара ја кандидираа државата за членство во Европската економска заедница. Одобрение дека одговара на статусот кандидат, Турција доби десет години подоцна, во 1997 година. Суштинските преговори почнаа уште осум години подоцна, во 2005 година. Но, уште тогаш беше јасно дека процесот ќе оди бавно, поради условот Турција да го прифати Дополнителниот протокол од Договорот од Анкара, поврзан со разрешувањето на прашањето за поделениот од средината на седумдесеттите години од минатиот век остров Кипар. Дотогаш осум од преговарачките поглавја нема да бидат отворани, вклучително и тие за слободно движење на стоки, за царинската унија, за финансиските услуги и за надворешните односи. Покрај ова, Франција и Кипар изјавија дека нема да дозволат отворање и на неколку други поглавја.

Според официјалните податоци, во моментов Брисел и Анкара преговараат за 15 поглавја и времено се затворени преговорите само за поглавјето „Наука и истражувања“. „Европа е наш заеднички дом, во кој се обединуваме околу заеднички норми, принципи и вредности“, се вели на сајтот на Министерството за надворешни работи на Турција, посветен на односите со Европската унија. „Како дел од европското семејство Турција не само што влијаела врз политичките, економските и општествено-културните случувања на континентот, но била и под нивно влијание. Оценката на историјата на Европа не може да биде направена без да се анализира ролјата што ја играла Турција на континентот. Како и во минатото, судбините на Турција и на другите европски држави се взаемно поврзани. Исправени сме заедно пред иднината. Во овој контекст нашата цел да станеме членка на Европската унија е стратешки избор“. nnn

С - ГЛАСАЊЕТО СО „ДА“ Е МНОГУ ВАЖНО


www.kapital.mk

Капитал број 909 31.03.2017

6

НАВИГАТОР ИЗЈАВА НА НЕДЕЛАТА

ОТВОРЕН МАКЕДОНСКИ ИЗЛОЖБЕН

> БРОЈКА

60.476 денари е највисоката просечна нето плата исплатена во Македонија во јануари

Потребно е уште еднаш да се побара од македонскиот претседател и од парламентарните партии да овозможат формирање влада и да и стават крај на блокадата

ЗИГМАР ГАБРИЕЛ

шеф на германската дипломатија

К

онзервирано и сушено овошје, зеленчук, млечни и месни производи, тестенини, чаеви, вино и други жестоки пијалаци, се само дел од производите кои се најдоа во првиот Македонскиот изложбенотрговски дом во Москва. Домот се наоѓа во комплексот „Фуд сити“, своевиден трговски град кој зафаќа 90 хектари површина и во кој се лоцирани сите странски извозници и дистрибутери кои работат со Русија. Македонските компании, најпрво 10, ќе добијат целосна комерцијална, царинска и правна поддршка за промоција и пласман,

ИСТРАЖУВАЊЕ

10 ФИРМИ ДОБИЛЕ ТРЕТ ОД ОПШТИНСКИТЕ ТЕН

О

Општините и Градот Скопје во 2016 година потрошиле 142 милиони евра на јавни набавки, што е за околу 13% повеќе од претходната година, покажа Базата на податоци што ја објави Центарот за граѓански комуникации. Најголем број договори за јавни набавки лани склучила општина Карпош, дури 259, наспроти само еден договор за којшто известила општина Градско. Вредносно, на врвот и годинава е Градот Скопје со околу 16 милиони евра, но со значителен

пад во однос на 2015 година од дури 38%. Сепак, произлегува дека едно од десет евра од општинските тендери е потрошено токму во Градот Скопје. Доминацијата на мал број фирми во тендерите на локално ниво продолжува и во 2016 година и најдобро ја отсликува податокот дека првите десет фирми со најголемо учество во тендерите добиле дури 30% од вкупната вредност на јавни набавки на сите 80 општини и Градот Скопје, односно 42,2 милиони евра. Околу три четвртини од парите се потрошени за работи, речиси 18% за услуги и само 8,5% за набавка на стоки. Просечно, вредноста на еден склучен

општински договор за јавни набавки лани изнесувала 35.718 евра, што е за 14% повеќе отколку во 2015 година. Во Базата на податоци за јавните набавки на општините во 2016 година се вклучени вкупно 3.973 договори склучени од општините со 1.255 фирми. По одделни општини, со потрошени 11,2% од вкупната вредност на општинските тендери, Градот Скопје е на врвот на оваа листа. Втора на листата според вредноста на склучените договори за јавни набавки лани е скопската општина Центар каде што се потрошиле нешто повеќе од 13 милиони евра или 9,3% од вредноста


www.kapital.mk

Капитал број 909 31.03.2017

7

НО – ТРГОВСКИ ДОМ ВО МОСКВА

а во Домот ќе може да ги изложат и складираат производите за да им бидат веднаш достапни на деловните руски партнери. На отворањето е најавено присуство на бизнисмени и менаџери на македонските компании „Тиквеш“ од Кавадарци, „Здравје Радово“, „Далвина“ од Струмица, „Попова кула“ од Демир Капија, „Вори“ од Гевгелија, „Агромакс“ од Берово и „Гранд Фуд Корпоратион“, „Кадино“, „Горска“, „Свислион“ од Скопје, како и деловни луѓе и претставници на бизнис асоцијации од Москва и Евроазискиот деловен сојуз.

мисла на неделата Не сакате уште еден Енрон? Еве ви регулатива: ако компанија не може во една реченица да објасни што работи, значи нелегално е.

Луис Блек

американски комичар и автор

> БРОЈКА

9,4%

е најголемиот пораст на просечна нето плата, и тоа во секторот Информации и комуникации

лидери

ТИНА НДЕРИ ЛАНИ Скопските градежни фирми Вардарградба, Бауер БГ и Гранит се на врвот на листата според вредноста на добиените тендери од општините на сите општински тендери, а потоа следува Карпош со речиси 11 милиони евра, односно 7,6% учество во вкупната сума потрошена за оваа намена кај сите општини. Четврта на листата е Битола, со потрошени 10,4 милиони евра, односно 7,3% од вкупната сума, па потоа Куманово со 5,5 милиони евра, или 3,9% од вкупната вредност. Во првите десет се рангирани и општините Тетово со тендери од 5,1 милион евра, Гази Баба со 4,3 милиони евра, Аеродром со 4,1 милион евра, Гостивар со 3,9 милиони евра и општина Илинден со 3,7 милиони евра. На дното, како според бројот на склучените договори, така и според вредноста е општина Градско, со вредност на тендерот од околу 13 илјади евра. Веднаш зад Градско се општините Лозово со вкупна вредност на тендерите до 17 илјади евра и Ранковце со околу 30 илјади евра потрошени преку јавни набавки. Дури девет од десетте прворангирани компании што добиле најмногу пари од општинските тендери лани се од градежната индустрија. На врвот според вредноста на склучените договори во текот на 2016 година е градежната компанија Вардарградба Скопје со вкупна вредност на тендерите од 9,5 милиони

евра. Фирмата е добитник на 22 тендера од општините од кои вредносно најголеми се седумте тендери склучени со општина Центар за изведби и реконструкција на канализациони мрежи, улици и за изградба на основно училиште. На второ место е лидерот од 2015 година, односно Бауер БГ Скопје. Но, иако ја загуби лидерската позиција, оваа скопска градежна компанија добила 33 тендери во вкупна вредност од 7,3 милиони евра. Трета на листата според учеството во јавните набавки на општините е компанијата Гранит АД Скопје која има добиено 6 тендери со вкупна вредност од околу 6,5 милиони евра. На четврто место е Жикол Струмица со добиен 31 тендер во вкупна вредност од 5,2 милиона евра. Следува Пелагонија АД Гостивар со добиени 16 тендери во вредност од 2,7 милиони евра, а во групата од 10 фирми со најголемо учество во тендерите на општините се уште и фирмите Ескаватори-МК Скопје (2,4 милиони евра), Изолација Скопје (2,3 милиони евра), ЈУ-БАЈ 2 Амет Скопје (2,2 милиони евра), НБ-ЦОМПАНУ Тетово (2,1 милион евра) и Бетон Скопје (1,9 милиони евра). Ако се спореди со бројот на жители, произлегува дека минатата година општините потрошиле по 69 евра по жител, што е зголемување за седум евра на годишно ниво. Анализата на вредноста на општинските тендери во однос на бројот на жители, покажува дека најмногу пари по жител во текот на 2016 година се потрошиле во општина Сопиште, и тоа 475 евра. Потоа следува општина Центар со потрошени речиси 292 евра по жител. Трета на листата е Демир Капија со потрошени околу 256 евра по жител. nnn

БОЈКО БОРИСОВ

ГЕРБ победи на предвремените парламентарни избори во Бугарија

АНГЕЛА МЕРКЕЛ

добар знак за канцеларката е уверливата победа на изборите во покраината Сар

не им беше неделата

ТИМ КУК

Apple се соочува со можна истрага во Нов Зеланд – не платиле данок најмалку 10 години

ПАРК ГЕН-ХАЈ

Јужна Кореја издаде налог за апсење на поранешната претседателка поради учество во корупциски скандал


www.kapital.mk

Капитал број 909 31.03.2017

8 COVER STORY STORY: ШТО ИЗВ COVER

ТОП 10 ИЗВОЗНИ ПАЗАРИ Дури 47% од целиот извоз на Македонија лани бил насочен кон Германија, покажуваа последните податоци на Државниот завод за статистика. Ако, пак, се анализира македонскиот извоз во Германија, дури 40% од целиот извоз се прави со пет производи, од кои сите се делови за автомобилска индустрија. Близу 80% од македонскиот извоз се прави во 10 земји, од кои освен Србија и Косово, сите се земји членки на Еропската унија. Овие бројки можеби најсликовито ја покажуваат преголемата концентрација на македонскиот извоз, но и високото учество на извозот кој го прават странските компании кои користат огромни државни субвенции заради што нивните производи се далеку поевтини и поконкурентни од домашниот извоз.

ГЕРМАНИЈА

БУГАРИЈА

СРБИЈА

КОСОВО

БЕЛГИЈА

2.033.969

222.986

194.253

188.579

170.937

46,98% 5,15% 4,49% 4,36% 3,95% ИЗВОЗ ( ВО .000 ЕВРА )


www.kapital.mk

Капитал број 909 31.03.2017

9 ЗВЕЗУВА МАКЕДОНИЈА?

ТОП 10 ИЗВОЗНИ ПАЗАРИ

3,43 79,13% милијарди евра

учество во вкупниот извоз на Македонија

Почитувани читатели, Ве информираме дека заради грешка во печатницата каде што се печати магазинот, претходниот број на магазинот “Капитал” број 908 кој беше објавен на 24 март 2017 година, беше отпечатен со неколку нецелосни текстови. Дел од текстовите од претходниот број ги реобјавуваме во целост во овој број на магазинот “Капитал”. Со почит, Редакција на магазинот “Капитал”

ИТАЛИЈА

ГРЦИЈА

РОМАНИЈА

ШПАНИЈА

ХРВАТСКА

158.420

147.744

121.803

106.219

80.708

3,66% 3,41% 2,81% 2,45% 1,86%


www.kapital.mk

Капитал број 909 31.03.2017

10

COVER STORY

Дури 47% од македонскиот извоз е насочен кон Германија, што главно се должи на автомобилските делови кои странските инвеститори ги произведуваат во фабриките во слободните економски зони, а кои потоа се извезуваат и склопуваат во германската автомобилска индустрија.

пишува:

Д

Биљана Здравковска Стојчевска biljana.zdravkovska@kapital.mk

Дури 47% од целиот извоз на Македонија лани бил насочен кон Германија, покажуваа последните податоци на Државниот завод за статистика. Ако, пак, се анализира македонскиот извоз во Германија, дури 40% од целиот извоз се прави со 5 производи, од кои сите се делови за автомобилска индустрија. Близу 80% од македонскиот извоз се прави во 10 земји, од кои освен Србија

и Косово, сите се земји членки на Еропската унија. Овие бројки можеби најсликовито ја покажуваат преголемата концентрација на македонскиот извоз, но и високото учество на извозот кој го прават странските компании кои користат огромни државни субвенции заради што нивните производи се далеку поевтини и поконкурентни од домашниот извоз. Уште еден заклучок кој се наметнува ако се анализира извозот на Македонија на 10-те најголеми извозни пазари е дека доминантни се полупроизводи и суровини, односно доминираат автомобилските делови, руди и челичните полупроизводи, суровиот непреработен тутун, текстилните лон производи, наливно вино...Единствени готови производи меѓу најизвезуваните производи се автобусите, лековите и ајварот. Капитал анализира кои се топ 10 извозни пазари на Македонија и што таму најмногу извезуваме.

n ГЕРМАНИЈА

Германија е најголемиот извозен пазар за Македонија каде се пласира близу 47% од целиот извоз. Минатата година извозот од Македонија во Германија надмина две милијарди евра и за една година е зголемен 13,3%. Ако се анализира што најмногу извезуваме во Германија, тогаш најголем дел од извозот отпаѓа на автомобилските делови кои во Македонија ги произведуваат странските инвеститори кои отворија фабриките со слободните зони. Најголем е извозот на Џонсон Мети чии катализатори и прочистувачи за издувни гасови се користат во германската автомобилска индустрија, а чиј извоз лани достигна 1,2 милијарди евра, што е околу една третина од целиот извоз на Македонија во Германија. Трет најизвезуван производ се сетовите за спроводници за палење кои во Македонија ги произведува Дреклсмајер, чиј извоз во Германија

ТРЕНД: ИЗВОЗОТ ВО КОСОВО ЗА ТРИ ГОДИНИ Е


www.kapital.mk

Капитал број 909 31.03.2017

11 АЈИЗВЕЗУВАНИ ВО: ТОП 5 НПРОИЗВОДИ Германија 1 2

Катализатори Машини и апарати за филтрирање или пречистување на други гасови

Извоз (во евра) 709.216.786 491.313.194

Сетови на спроводници за палење и 3

други сетови на спроводници за

195.943.581

возила,воздухоплови или бродови 4 5

лани достигна 195 милиони евра. Потоа следуваат иницијатори и забрзувачи на реакција чиј извоз во Германија лани достигна 161 милион евра. Петти најизвезуван производ од Македонија во Германија се седиштата кои во Штип ги произведува Џонсон Контролс. Останатите поголеми извозни производи во Германија на листата најизвезувани се разни видови на текстилни производи, близу, кошули, поткошули, маици и гаќи, панталони, работна опрема, кои во најголем дел се произведуваат во Македонија во принципот на лон-производстсво, односно сите суровини се увезуваат од Германија, а кај нас се користи само евтината работна рака за тие да се сошијат. Меѓу ретките домашни произведени производи кои успеваат да стигнат на германскиот пазар се одредени вина и замрзнати црвени пиперки. Извозот во најсилната економија постојано бележи зголемување, благодарение на извозот на автомобилски делови кои се произведуваат од страна на странските инвеститори во слободните економски зони.

n БУГАРИЈА

Втор најголем извозен партнер на Македонија според статистичките податоци за минатата годинава, е Бугарија. Но, на овој пазар се продаваат само 5,15% од македонските производи наменети за извоз. Лани извозот од Македонија во Бугарија изнесуваше 223 милиони евра, што е намалување за 8,6%. Ако се анализира што најмногу се извезува во Бугарија, тогаш во петте најизвезувани производи влегуваат само руди, суров тутун и челични цевки. Најголем е извозот на руди на бакари и концентрат од рудникот Бучим, кој лани надмина 45 милиони евра. Втор најизвезуван производ е оловната руда и концентрат од рудникот Саса, а трет најизвезуван производ од Македонија во Бугарија лани биле цинкова руда и концентрати. Следуваат суров тутун од тип Прилеп и поцинкувани челични цевки. Со овие пет извозни ставки лани се направил 52% од целиот извоз од Македонија во Бугарија. Извозот во Бугарија постојано бележи пад во изминативе години. Така за период од три години македонскиот извоз во Бугарија е намален за 24%

n СРБИЈА

Трет најголем извозен пазар за Македонија е соседна Србија, каде се извезува 4,5% од целиот македонски извоз. Лани во Србија се извезени производи во вредност од 194 милиони евра, што е годишен раст за 4,9%. Најизвезувана извозна ставка во Србија лани се лекови во вредност од 12 милиони евра, кои во најголем дел отпаѓаат на извозот на лекови од Алкалоид. Втор најизвезуван производ се плоснати валани производи пресвлечени со пластична маса со

Е НАМАЛЕН ЗА НАД 25%.

Иницијатори на реакција, забрзувачи на реакција

161.797.943

Седишта

67.719.045

Бугарија

Извоз (во евра)

1 Руди на бакар и концентрати

45.948.022

2 Руди на олово и концентрати

38.121.511

3 Руди на цинк и концентрати

17.455.055

4 Тутун суров Тип Прилеп

8.570.535

Плоснати железни или челични 5 валани производи прекриени со

6.562.809

цинк Србија 1 Лекови

Извоз (во евра) 12.099.277

Плоснати валани производи од 2 железо или нелегиран челик

10.608.669

превлечени со пластична маса 3

Заварени цевки со правоаголен пресек

8.728.906

4 Масла од сончоглед или шафраника

8.282.993

5 Електрична енергија

5.472.384

Косово 1 Гасни масла 2 Портланд цемент

Извоз (во евра) 16.638.457 9.275.520

Плоснати валани производи од 3 железо или нелегиран челик

7.067.095

превлечени со пластична маса 4 Лекови 5

Други прачки од железо или нелегиран челик, ковани и валани Белгија

1 Автобуси 2 Тутун суров Тип Прилеп

5.423.456 5.221.053

Извоз (во евра) 125.446.769 11.489.907

3 Тутун суров Тип Јака

5.125.930

4 Тутун суров од ориентален вид

4.984.727

5

Тапацирани седишта со дрвени скелети

1.841.948


www.kapital.mk

Капитал број 909 31.03.2017

12

COVER STORY АЈИЗВЕЗУВАНИ ВО: ТОП 5 НПРОИЗВОДИ Италија

Извоз (во евра)

Печки за загревање на простории, 1 шпорети, решеткасти огништа, кујнски

12.447.454

печки 2 Феро-силициум

11.634.048

3 Делови на обувки од кожа

11.286.394

4

Други женски обувки со ѓонови од кожа

5 Феро-никел Грција 1 Тутун суров Тип Прилеп 2

Женски блузи и кошули од вештачки влакна

8.295.607 7.952.333 Извоз (во евра) 21.615.375 9.581.802

Плоснати валани производи од железо 3 или челик, превлечени

9.121.253

со цинк 4 Мермер и травертин

8.785.308

5 Женски памучни блузи и кошули

8.728.774

Романија 1 Други електрични спроводници

Извоз (во евра) 34.545.549

Плоснати валани производи од железо 2 или челик, превлечени

13.438.992

со пластична маса

извоз од над 10 милиони евра, а трет најголем извоз е направен со челични цевки во вредност од 8,7 милиони евра. Меѓу петте најизвезувани производи во Србија лани се наоѓаат и маслото од сончоглед со извоз вреден 8 милиони евра и електричната енергија со извоз вреден 5,5 милиони евра. Со овие пет производи лани е направен 23,2% од целиот извоз во Србија. Од домашно произведените производи лани во Србија сме извезувале и свежо грозје, свежи домати, кондиторски производи. Извозот во Србија во изминативе години бележи постојан пад. Така во споредба со 2013 година извозот кај северниот сосед ни е намален за над 20%.

3 Други делови за моторни возила

n КОСОВО

3

Четврт најголем извозен пазар за Македонија лани бил косовскиот пазар, каде оди 4,36% од македонскиот извоз. Во Косово лани сме извезле производи во вредност од околу 189 милиони евра, што е годишен раст од 11,6%. Најизвезуван производ на Косово лани биле горивата на Окта со извоз вреден 16,6 милиони евра. Втор најизвезуван производ со извоз од 9,2 милиони евра, лани е направен со цементот на Цементарница Усје. Трета најголема извозна ставка со вредност од 7 милиони евра се плоснати валани производ обложени со пластична маса, следуваат лековите и прачки од железо. Косово иако ни е соседен пазар, Македонија полека го губи овој пазар. На пример во 2013 година извозот од Македонија во Косово изнесувал над 277 милиони евра, што е пад за над 25 % за само три години.

n БЕЛГИЈА

Годинава во листата 10 најголеми извозни пазари се најде и Белгија, каде лани се продале 3,95% од целиот извоз. Лани во Белгија сме извезле производи во вредност од 170 милиони

12.186.457

Сетови на спроводници за палење 4 и други сетови на спроводници за

12.101.344

возила 5 Седишта

5.293.625

Шпанија

Извоз (во евра)

1 Сетови на спроводници за палење

74.846.062

2 Феро-никел

16.990.604

Топло валани плоснати производи од железо или челик

4.137.506

Топло валани плоснати производи,од 4 железо со ширина

1.560.514

oд 2050 мм или поголема 5

Оловни акумулатори за моторни возила Хрватска

1.553.103

Извоз (во евра)

1 Профили и талпи од железо или челик

4.544.491

2 Лекови

4.103.996

3 4

Други вина; шира од грозје со запрена ферментација Други заварени цевки со правоаголен пресек

5 Ајвар

3.123.701 2.702.247 2.664.482



www.kapital.mk

Капитал број 909 31.03.2017

14

COVER STORY

евра, што е годишен раст од 32,4%. Најизвезуван производ во Белгија лани биле автобусите кои белгиски Ван Хол ги произведува во економската слободна зона Бунарџик во вредност од 125 милиони евра. Следните три најголеми извозни ставки во Белгија се тутун од типот Прилеп и Јака во вкупна вредност од 21 милион евра. Петта најизвезувана ставка во Белгија лани биле тапацирани седишта во вредност 1,8 милион евра. Со овие пет извозни ставки лани е направен дури 87% од целиот извоз во Белгија. Меѓу другите производи кои лани се извезувале во Белгија се руди на феросилициум и феро никел, текстилни производи, замрзнати пиперки.

n ИТАЛИЈА

Италија е шести по големина извозен пазар за македонските производи, на кој лани се извезле 3,66% од целиот извоз. Минатата година вкупниот извоз во Италија достигна 158 милиони евра, и за една година е намален за 3,1%. Најголема извозна ставка во Италија лани биле печки за загревање во вредност од 12,4 милиони евра. Меѓу петте најголеми извозни ставки две се делови за чевли кои се извезуваат во Италија, а две се руди на феросилициум и феро-никел. Со овие пет извозни производи лани се направил 32,5% од целиот извоз во Италија.

n ГРЦИЈА

Грција е седми по големина извозен пазар на кој лани биле извезени 3,41% од целиот македонски извоз. Лани во Грција биле извезени 147 милиони евра, што е пад 1,1%. Грчкиот извоз веќе паѓа неколку години по ред, а во последните три години е намален за 30%.

Лани во Грција наизвезуван производ во Грција бил суровиот тутун од тип Прилеп со извоз вреден 21,6 милиони евра. Понатаму следат женските памучни блузи и кошули кои се шијат во неколкуте текстилни фабрики кои грчки фирми ги имаат отворено во Македонија, железни прачки и цевки, и мермерот кој се вади од Мемерниот комбинат Прилеп, кој има грчки сопственици. Со овие пет извозни ставки се прави 40% од целиот извоз на Македонија во Грција.

n РОМАНИЈА

Романија е осми по големина извозен пазар на Македонија, каде лани се извезле 2,81% од вкупниот извоз. Лани во Романија се извезени производи во вредност од 122 милиони евра, што е зголемување за 25%. Најголем дел од извозот, но и неговото зголемување во Романија се должи на зголемениот извоз на автомобилски делови кои се произведуваат во Македонија од страна на странските инвеститори, а потоа се склопуваат во други автомобилски фабрики за познати брендови во Романија. Од петте најизвезувани ставки во Романија, дури четири се автомобилски делови. Така лани најголем извозен производ во Романија биле спроводници за автомобили во вредност од 34,5 милиони евра. Со овие четири производи се прави дури 64% од целиот извоз на Македонија во Романија.

n ШПАНИЈА

Шпанија е деветти најголем извозен пазар на Македонија на кој лани сме извелзе производи во вредност 106 милиони евра, што е 2,45% од целиот македонски извоз направен минатата година. Извозот во Шпанија минатата

2016 година е зголемување за 16,2%. Ако се погледне извозот во Шпанија повторно на врвот се автомобилските делови, кои се произведуваат во македонските слободни делови, а кои потоа се извезуваат и склопуваат во некои од фабриките на познатите автомобилски брендови во Шпанија. Најизвезуван производ минатата година во Шпанија биле спроводниците кои ги произведува германскиот Дрекслмајер со извоз вреден близу 75 милиони евра. Втор најизвезуван производ е фероникелот, следат топловаланите челични производи и акумулатори за моторни возила. Со овие пет производи се прави дури 93% од целиот извоз од Македонија кон Шпанија, а во останатите извозни ставки доминираат железни цевки, прачки и лимови, и некои видови на текстилни производи.

n ХРВАТСКА

Десетти најголем извозен пазар за Македонија минатата година била Хрватска. Во Хрватска лани се извезле производи во вредност од 80 милиони евра, што е 1,86% од целиот извоз на Македонија. Извозот во Хрватска лани се зголемил за 11,9%. Најизвезувана извозна ставка од Македонија во Хрватска се профили и талпи од железо кои традиционално се користат во индустријата за изградба на бродови. Втора најизвезувана ставка се лековите кои ги извезува фармацевтската компанија Алкалоид. Следуваат извозот на наливно вино, заварени цевки, а во петте најизвезувани ставки е и ајварот. Со овие пет извозни ставки лани бил направен околу 20% од целиот извоз од Македонија во Хрватска. nnn


ГИ ГРАДИМЕ ВАШИТЕ СОНИШТА РАПИД БИЛД е градежна компанија која изведува објекти од секаков вид и тоа: станбени, деловни, индустриски објекти, магистрални гасоводи комплет со блок станици и главно мерно регулациони станици, атмосферски и фекални канализациони системи, патна инфраструктура со придружни објекти (подпатници, надпатници, пропусти, клучки), реконструкции, доградби итн. Главната одлика на компанијата е брза, квалитетна и современа изведба, која се должи на користење на најсовремена опрема и материјали за градба, имплементирање на светските стандарди за квалитет и менаџмент, како и поседување на тим составен од високо-професионален и стручен кадар. Во реализација на работите во областите на својата дејност секогаш ја запазува техничката регулатива, ги запазува етичките и стручни стандарди на оваа професија, а со своето работење го застапува интересот на својот инвеститор во рамки на законските прописи, интересот на општеството и угледот и репутацијата на професијата и професионалноста.

www.rapidbild.com.mk


Капитал број 909 31.03.2017

16

www.kapital.mk

АНАЛИЗА

ДАЛИ ЕВРОПА ГО СТАВА РЕГИОНОТ ВО БАВ

БИЗНИСОТ НАВИВ ЗА ЕКОНОМСКА У НА БАЛКАНОТ

ЦАРИНСКА УНИЈА НА БАЛКАНОТ: ЗАСЕГА ЕУ Е НАЈЗА


www.kapital.mk

ВНА БРЗИНА?!

ВА УНИЈА

Капитал број 909 31.03.2017

17 Додека најбогатите европски земји работат на документи за иднината на Европската Унија и брзините на развој, обидот за наметнување на идејата за Европа во повеќе брзини се чини нуди решение и за Балканот. Во последно време се поконкретни и охрабрувачки се иницијативите на некои европски и регионални политичари за формирање на регионални сојузи на држави на Балканот. Царинска унија меѓу земјите од Западен Балкан, Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Албанија ќе биде главната тема на самитот на лидери на овие земји и ЕУ што ќе се одржи во јули годинава во Трст. Како што објаснуваат луѓе директно вклучени во овој процес за српските медиуми, засега ЕУ е најзаинтересирана да помогне за реализирање на овој проект. Како што вели еден од изворите, „ЕУ тоа сигурно ќе го истурка“. Дел од стручната јавност смета дека идејата за царинска унија е добра и корисна за Балканот, но има и такви кои што се сомневаат дека е возможна, па дури и потреба со оглед на тоа што постои ЦЕФТА.

пишува:

Д

Александар Јанев

aleksandar.janev@kapital.mk

Додека најбогатите европски земји работат на документи за иднината на Европската Унија и брзините на развој, обидот за наметнување на идејата за Европа во повеќе брзини се чини нуди решение и за Балканот. Во последно време се поконкретни и охрабрувачки се иницијативите на некои европски и регионални политичари за формирање на регионални сојузи на држави на Балканот. Конкретно, уште пред неколку месеци во јавноста се појави идејата за создавање на таканаречена царинска унија на Западен Балкан, и звучеше како утопија, или уште еден обид, предвреме осуден на неуспех, да се создаде некаква економска унија за која порано се користеа називи како Југосфера, Балканлукс и слично. Но, сепак на терен нешто се случува. Царинска унија меѓу земјите од Западен Балкан, Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Албанија

ќе биде главната тема на самитот на лидери на овие земји и ЕУ што ќе се одржи во јули годинава во Трст. Како што објаснуваат луѓе директно вклучени во овој процес за српските медиуми, засега ЕУ е најзаинтересирана да помогне за реализирање на овој проект. Како што вели еден од изворите, „ЕУ тоа сигурно ќе го истурка“. Од земјите во регионот, на воспоставување единствен пазар, моментално најмногу инсистира Србија, чиј премиер Александар Вучиќ и го предложи формирањето на ваквата унија, изнесувајќи податоци дека се работи за пазар од 20 милиони потрошувачи, што би можело да создаде 80.000 нови работни места. И додека оваа идеја ја поздравија и еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, германската канцеларка Ангела Меркел, лидери на неколку земји од Балканот, во Македонија, пак, никој од политичарите јавно не ја коментираше оваа идеја, што остави впечаток на целосна незаинтересираност. „Ја поздравувам идејата за регионална соработка односно конкретните идеи кои што водат до понатамошна интеграција на трговската размена, вклучувајќи го и предлогот тоа да се оствари преку царинска унија“,изјави комесарот на ЕУ за проширување, Хан. Тој рече дека нема сомнежи дека повисок степен на економска интеграција ќе го направи Западен Балкан поатрактивен и поконкурентен. Хан истакна дека државите на Балканот би требало да го усогласат својот трговски систем, да ги отстранат сите

АИНТЕРЕСИРАНА ЗА РЕАЛИЗИРАЊЕ НА ОВОЈ ПРОЕКТ


www.kapital.mk

Капитал број 909 31.03.2017

18

АНАЛИЗА

Б

И

ез дилема сметам дека идејата за формирање на царинска унија би требало да се реализира. Иако политичката ситуација кај нас засега ги остава САШО економските НАУМОСКИ генерален директор прашања на Витаминка надвор од фокусот, мислам дека треба повеќе да се ангажираме во остварување на овој проект. Тоа може да биде чекор напред во нашиот развој, ќе ни донесе само предности и придобивки за економијата. Би ги избегнале сите царински формалности и бариери што сега ги имаме, а олеснувањето на пристапот до овој голем пазар во регионот може да ни овозможи поголем извоз.

дејата за економско поврзување на земјите од регионот во некаква форма е присутна од поодамна, а тоа е всушност дел и од ЗЛАТКО СИМОНОВСКИ Берлинската претседател на Упра- платформа за вен одбор на Факом регионална соработка. Иако зачудува тоа што поголема заинтересираност за ова има во другите земји од регионот отколку кај нас, ние како бизнис заедница навиваме за некаква форма на економско поврзување на земјите од Балканот, што ќе значи поголема трговска размена на овој пазар, но и зголемување на конкурентноста.

интерни бариери за да се подобри размената на капитал и работна сила, трговијата на стоки и услуги, што се четири основни слободи на заедничкиот пазар. „Сето тоа ќе привлече повеќе странски директни инвестиции и ќе доведе до побрз економски раст и отворање на нови работни места. Затоа Европската унија поддржува прогресивно воспоставување на заеднички пазар во земјите од регионот, врз основа на правилата и принципите на ЕУ, кои ги вклучуваат и царините, што се чекори кои водат до основање на царинска унија на Западен Балкан“, изјави Хан уверен дека на следниот самит на балканската шестка ова лето, земјите од регионот ќе успеат да се договорат за конкретните чекори како да се изгради силен и конкурентен пазар. Во исто време, речиси симултано со Хан, потпретседателот на Европската комисија, Франс Тимерманс речиси дека границите во земјите од Западен Балкан не треба да постојат и дека токму ова е потребно за да се избегнат идни конфликти во регионот. Потпретседателот на Комисијата додал дека еден од убавите елементи на европската интеграција е во тоа што процесот не прави границите да исчезнат, односно дека тие остануваат важни, но практично се „непостоечки“. „Тоа е она што се случи помеѓу Франција и Германија, и помеѓу сите останати земји по падот на Берлинскиот ѕид, и тоа е она што треба да го направиме во Западен Балкан“, истакна Тимерманс.

Бизнисмените навиваат за царинска унија

Освен политичарите, засега нема реакции за оваа идеја ниту во бизнис секторот во Македонија. Впрочем, пред еден месец на одбележувањето на 95 годишнината од Стопанската Комора на Македонија, на која што се собраа повеќе бизнисмени од земјата и регионот, поранешни премиери и претседатели, иако се зборувало за поголема соработка на Балканот, за царинската унија воопшто не станало збор. Претседателот на Управниот одбор на Факом, Златко Симоновски, вели дека нема детали за конкретниот предлог, но ја поддржува секоја иницијатива што значи регионално поврзување со цел зголемена соработка меѓу компаниите. „Идејата за економско поврзување на земјите од регионот во некаква форма е присутна од поодамна, а тоа е всушност дел и од Берлинската платформа за регионална соработка. Иако зачудува тоа што поголема заинтересираност за ова има во другите земји од регионот отколку кај нас, ние како бизнис заедница навиваме за некаква форма на економско поврзување на земјите од Балканот, што ќе значи поголема трговска размена на овој пазар, но и зголемување на конкурентноста“, коментира Симоновски. Генералниот директор на Витаминка, Сашо Наумоски, исто така коментира дека поврзување на економиите од регионот е неминовно да се случи за да се создадат услови компаниите да

А

лтернативна идеја би можело да биде сите балкански земји што не се членки на ЕУ, да ја преземат царинската заштита на ЕУ. Со други зборови, да стапат во царинска унија со ВЛАДИМИР Европската унија. За ГЛИГОРОВ малите балкански Виенски економски институт земји кои останаа надвор од ЕУ и чие зачленување може да се оддолжи, од големо значење е да бидат видени како регионално подрачје за инвестирање. Доколку се забрза регионалното поврзување, некои од предностите на членството во ЕУ, како што е зголемен интерес за регионално инвестирање, би можеле да се обезбедат и пред влезот во ЕУ. И политички гледано тоа е привлечно, бидејќи регионалната соработка е популарна“

работат подобро. „Без дилема сметам дека идејата за формирање на царинска унија би требало да се реализира. Иако политичката ситуација кај нас засега ги остава економските прашања надвор од фокусот, мислам дека треба повеќе да се ангажираме во остварување на овој проект. Тоа може да биде чекор напред во нашиот развој, ќе ни донесе само предности и придобивки за економијата. Би ги избегнале сите царински формалности и бариери што сега ги имаме, а олеснувањето на пристапот до овој голем пазар во регионот може да ни овозможи поголем извоз“, оценува Наумоски. Дел од стручната јавност смета дека идејата за царинска унија е добра и корисна за Балканот, но има и такви кои што се сомневаат дека е возможна, па дури и потреба со оглед на тоа што постои ЦЕФТА. Експертите коментираат дека зачленувањето на овие земји во ЦЕФТА, што претставува подготвителна фаза за влез во ЕУ, овозможи зголемување на трговската размена, и ова што сега се заговара, нуди минорна, но значајна разлика. „Се предлага да се укинат сите внатрешни царини и контингенти до целосно слободна размена, меѓутоа сите земји ќе мора да применуваат иста царина кон трети земји. На пример, Македонија и Србија еднакво ќе го третираат телевизорот од Јапонија или Јужна Кореја. Но тоа е малку комплицирано и не е секогаш еднакво

НАУМОСКИ: ИДЕЈАТА ЗА ЦАРИНСКА УНИЈА ТРЕБА ДА СЕ РЕАЛИЗИРА



www.kapital.mk

Капитал број 909 31.03.2017

20

АНАЛИЗА

интересно за сите. На пример, Црна Гора нема земјоделство па ниту интерес да го штити со царини, додека тоа не е случај со Србија или Македонија. Тешко ќе биде сето тоа да се усогласи“, коментираат експертите. Професорот Милојко Арсиќ од Економскиот факултет во Белград, исто така вели дека најголема пречка за царинската унија на Балканот би било тоа што сите земји треба да имаат идентични царински стапки кон трети земји. „Србија има договори за слободна трговија со неколку земји, како со Русија, Белорусија, Турција. Влезот во царинската унија би значело или другите земји да потпишат вакви договори или пак Србија да ги раскине. И едното и другото изгледа прилично тешко и малку веројатно“, вели професорот Арсиќ. Експертите коментираат дека на земјите од ЕУ, односно некогашната Европска економска заедница, и требало повеќе од една декада за да направи царинска унија. А според нив, на овие простори се уште нема политички услови за таков сериозен проект. Професорот од Виенскиот економски институт, Владимир Глигоров, исто така има повеќе дилеми за реализирањето

на овој проект. „Што е царинска унија? Тоа е кога група земји имаат иста царинска политика кон остатокот од светот. На пример, Европската унија истовремено е и царинска унија што значи дека сите

земји членки имаат ист царински третман кон останатите земји од светот. Тоа значи дека царинската унија преговара со другите земји за евентуални промени на трговските договори или за членството во мултилатерални трговски организации.

БеСконтактни MasterCard картички од

Инфо центар: 02 3 111 111 www.unibank.com.mk



www.kapital.mk

Капитал број 909 31.03.2017

22

АНАЛИЗА

Ако сега се оформи балканска царинска унија, членки секако би биле земјите кои засега не се членки на ЕУ. Тоа би значело дека и Србија и Македонија и Босна би имале ист царински режим кон другите земји во светот. Тоа би се однесувало и на ЕУ, Русија“, вели Глигоров, но според него, бидејќи овие земји се стремат да станат дел од ЕУ, значи дека би морало да водат сметка за правилата и обврските што ги наметнува Светската трговска организација. ЕУ веќе ги укина сите царини за сите балкански земји кои не се нејзини членки, така што во тој поглед ништо не се менува, но царинската унија би подразбирала да се забрза и укинувањето на царините за увоз од ЕУ во сите земји членки на таа царинска унија, вели Глигоров. Според него, уедначувањето на царината би било потребно во трговијата со другите земји. Колкави се моменталните разлики, зависи барем делумно од тоа дали земјата е членка на СТО или не, но веројатно, и од билатералните договори или унилатералните мерки за постоење или непостоење на царини. „Алтернативна идеја би можело да биде сите балкански земји што не се членки на ЕУ, да ја преземат царинската заштита на ЕУ. Со други зборови, да стапат во царинска унија со Европската унија. Имајќи ја предвид значајната трговска размена со ЕУ и во регионалната слободна трговска зона ЦЕФТА, тоа би го покрило најголем дел од извозот, но би преостанал увозот од Русија и останатите земји од каде што се увезуваат енергенси“, вели Глигоров. „Што би била евентуалната корист од царинската унија?! За малите балкански земји кои останаа надвор од ЕУ и чие зачленување може да се оддолжи, од големо значење е да бидат видени како регионално подрачје за инвестирање. Евентуалните придобивки од трговските политики се мали, ако и воопшто ги има, додека пак евентуалниот влез на мултинационални компании, проследено со значајни регионални инфраструктурни проекти, може да донесат значаен развој на Балканот. Доколку се забрза регионалното

поврзување, некои од предностите на членството во ЕУ, како што е зголемен интерес за регионално инвестирање, би можеле да се обезбедат и пред влезот во ЕУ. И политички гледано тоа е привлечно, бидејќи регионалната соработка е популарна“, истакна Глигоров. Претседателот на Стопанската комора на Србија, Марко Чадеж, истакна дека бизнисмените од регионот навиваат да се формира царинска унија бидејќи на тоа активно се работи веќе две години во рамките на Инвестицискиот форум на комори на Западен Балкан. „Тоа е голема работа и за нас и за економијата. Тоа е нешто за што разговараме веќе две години во рамките на Форумот, бизнисмените разговараат за таквата потреба и навистина е охрабрувачки кога гледаме дека

политичарите преземаат иницијатива и се обидуваат да ја спроведат“. Главниот економист на српскиот преговарачки тим за ЕУ и претседател на Управниот одбор на Комерцијална банка, Владимир Круљ, оценува дека заедничкиот пазар во регионот би донел придобивки за сите земји на Балканот. „Конкретно, би морале да ги усогласиме правилата и во инфраструктурните и во енергетските проекти. На пример, доколку проектот почнува во Загреб а завршува во Белград, би требало да постојат исти стандарди за градежни дозволи за да инвеститорот има што помалку бирократски проблеми. Доколку правилата ги усогласиме со регулативата на ЕУ, тоа би ги подобрило нашите изгледи за членство“, вели Круљ.

nnn


www.kapital.mk

Капитал број 909 31.03.2017

КОРПОРАТИВНА ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ

23

Зелените билборди се со висина од 4 метри и претставуваат комбинација од мов и растенија кои ја апсорбираат прашината, азотните оксиди и неутрализираат до 240 тони CO2 годишно.

ЈОВАНКА ЈОЛЕСКА – ПОПОВСКА генерален директор на ПроКредит Банка:

Ни претставува големо задоволство да се биде дел од овој проект, пред сè затоа што со овој зелен билборд придонесуваме за почиста животна средина.

ЗЕЛЕНИ БИЛБОРДИ ЗА ПОЧИСТА ЖИВОТНА ОКОЛИНА

ПРОКРЕДИТ БАНКА Е ДЕЛ ОД ТИМОТ КОЈ ГО ПОДДРЖА ПРОЕКТОТ ЗА ЗЕЛЕНИ БИЛБОРДИ ВО СКОПЈЕ И ТЕТОВО

З

Зелените билборди, кои ќе придонесат за почиста животна околина, се веќе имплементирани во Скопје и Тетово. Билбордите, со висина од 4 метри претставуваат комбинација од мов и растенија кои ја апсорбираат прашината, азотните оксиди и неутрализираат до 240 тони CO2 годишно. Проектот има за цел да го намали загадувањето на водухот во овие два града и да го компензира загадувањето од 417 автомобили на годишно ниво. Ефектот на “градските дрва” може да се изедначи со зелениот ефект на 275 дрва заедно. Билбордот е самоодржлив и има резервоар за вода кој ќе му овозможи опстанок на растението. ПроКредит Банка учествуваше во реализацијата на овој проект. Како еко ориентирана институција, која континуирано вложува во активности

за подобра и почиста животна средина, овој проект е само дел од големиот број акции иницирани од страна на банката. Во своето тековно работење ПроКредит Банка вози електрични автомобили, користи обновливи извори на енергија за греење и ладење на Централната Управа, произведува електрична енергија за сопствени извори и имплементира процеси за селекција на отпад. Во последните три години, преку своите еко активности ПроКредит Банка успеа да ја намали потрошувачката на енергија за 40% и потрошувачката на хартија за 70%. Јованка Јолеска Поповска, Генерален Директор на ПроКредит Банка изјави: ,,Ни претставува големо задоволство да се биде дел од овој проект, пред се затоа што со овој зелен билборд придонесуваме за почиста животна средина. ПроКредит Банка, како еко- ориентирана институција, дава директен придонес за подобра околина. Ние сме

првата банка во Македонија со еден од најпрестижните меѓународни сертификати за управување со животната средина ИСО 14001:2015. Досега имплементираните мерки за зачувување на животната средина резултираат со 40% намалување на потрошена електрична енергија и 70% намалување на потрошувачката на хартија. Дополнително Банката обновливи извори на енергија за сопствени цели како и електрични автомобили кои ги напојува преку фотоволтаици. Од друга страна, преку процесот на кредитирање ги стимулираме нашите клиенти да инвестираат во проекти за енергетска ефикасност. Досега имаме инвестирано преку 40 милиони евра во еко инвестиции и сме единствената банка која нуди еко штедење за сите еко ориентирани граѓани. Преку нашите примери се обидуваме да влијаеме на подигнување на општествената свесност за зачувување на животната средина.” nnn

ПОСВЕТЕНОСТ: ПРОКРЕДИТ Е ЕКО-ОРИЕНТИРАНА ОРГАНИЗАЦИЈА


They say diamonds are forever… and so is an MBA!

Enjoy the most Valuable classroom experience – real life Harvard Business School case studies, business simulations and participant centered learning that enhance your strategic decisionmaking skills and critical thinking

a Rare opportunity to learn alongside esteemed professionals in order to build an extensive and exclusive network of useful contacts which could lead to new business opportunities The most Desirable and sought after degree in the world by employers, entrepreneurs and future leaders

World-class curriculum that applies a global outlook on current issues, taught by international faculty from top –tier schools with a rich portfolio of expertise

A brilliant cut to fit your demanding work schedule and maintain your work – life balance, giving you more flexibility to acquire the skills and experiences to fulfil your career objectives

Access to the Highest Quality internationally accredited degree by the Accreditation Council for Business Schools and Programs (USA) created as a combination of European and American educational standards

So don't lose a diamond, while chasing glitter! Enroll at the UACS MBA program! За повеќе информации: Бул. Трета македонска бригада бр. 60, 1000 Скопје Телефон: + 389 (0) 2 2463 156; 2463 159 Е-пошта: graduate@uacs.edu.mk

www.uacs.edu.mk

UACS SKOPJE

UACSKOPJE

YOUTUBE.COM/USER/UACSKOPJE

UACSKOPJE


СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

ЖЕНИТЕ ВО БИЗНИСОТ

ЈАЗОТ ВО ПЛАТИТЕ БАВНО СЕ НАМАЛУВА

ЖЕНИТЕ СЕ УШТЕ СЕ ПЛАТЕНИ ПОМАЛКУ ОД МАШКИТЕ КОЛЕГИ ЛЕНЧЕ КАРПУЗОВСКА

МЕНАЏЕР ЗА КОМУНИКАЦИИ ВО ЕВН МАКЕДОНИЈА

ВИСТИНСКАТА ЖЕНА Е МЕНАЏЕР НА СВОЈОТ ЖИВОТ АНЕТА ПЕТРОВСКА РУСОМАРОСКИ

МЕНАЏЕР ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ ВО ЕВН МАКЕДОНИЈА

ЕВН МАКЕДОНИЈА Е ПОСВЕТЕНА НА РАМНОПРАВНОСТ НА ЖЕНИТЕ INTERVIEW

САЊА ТАНЧЕВСКА

ИЗВРШЕН ДИРЕКТОР НА ТРИГЛАВ ОСИГУРУВАЊЕ

УСПЕХОТ НЕ Е ДЕСТИНАЦИЈА, ТУКУ ПАТОТ ПО КОЈШТО ОДИМЕ ДАМИТЕ ВО АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ СОЗДАВААТ ДОМОВИ СО ИЛЈАДНИЦИ СРЕЌНИ МИГОВИ НА М²

15 УСПЕШНИ И ВЛИЈАТЕЛНИ ЖЕНИ ВО МАКЕДОНСКИОТ БИЗНИС


Капитал број 909 31.03.2017

26

www.kapital.mk

ЖЕНИТЕ ВО БИЗНИСОТ

15

УСПЕШНИ И ВЛИЈАТЕЛНИ ЖЕНИ ВО МАКЕДОНСКИОТ БИЗНИС

Капитал по втор пат објавува листа на најуспешни и највлијателни жени во македонскиот бизнис. На годинешната листа се најдоа 15 жени кои се на високи менаџерски позиции или членови во управни одбори на компании, банки, фабрики, маркетинг компании, жени кои основале свој приватен бизнис и успешно го развиваат надвор од границите на државата. Сигурно во Македонија има многу повеќе жени со импресивни приказни за успех во бизнисот, жени кои носат одлуки и имаат моќ да ги менуваат работите на македонската бизнис сцена. Годинава одбравме 15 од нив, кој на оваа листа е најдоа според функцијата која ја извршуваат, растот и развојот на компанијата со која управуваат, според пробивот на странските пазари, според иновативните продукти и процеси во бизнисот и целокупниот придонес во економијата и заедницата кои го имаат лично и преку компаниите со кои управуваат.


www.kapital.mk

Капитал број 909 31.03.2017

27

МАЈА СТЕВКОВА – ШТЕРИЕВА

ЈОВАНКА ЈОЛЕСКА – ПОПОВСКА

О

роКредит банка Македонија е шампион кога станува збор за женското лидерство во бизнисот – сите три членови на Управниот одбор се жени. Меѓу нив е и Јованка Јолеска – Поповска, воедно и генерален директор на банката. Голем процент жени се и на останатите раководни позиции во „ПроКредит“, а таа вели дека доминацијата на жени во менаџментот е сосема случајна и е резултат на отвореноста на акционерите односно институцијата да им даде шанса на оние кои се вредни, храбри, одговорни, амбициозни и најважно со високи етички стандарди, да се развиваат и напредуваат во кариерата. Сите менаџерски структури во банката се развиваат интерно во рамките на институцијата. Соодветно на тоа и членовите на Управниот одбор биле вработени во банката од нејзиното основање и се развивале во рамките на институцијата. Под водство на Јолеска – Поповска, „ПроКредит“ продолжува да е најсериозниот банкарски партнер на малите и средни бизниси во земјава, а банката е пионер во воведувањето иновативни технолошки решенија на пазарот, и истакнат лидер во практикувањето општествена одговорност преку организирањето и поддршката на голем број иницијативи во таа насока.

главен финансов директор и член на УО на Комерцијална банка

дговорна за паричниот крвоток на Комерцијална банка, д-р Маја Стевкова – Штериева е главен финансов директор и член на Управниот одбор од 2008 година. Комерцијална банка има 1,64 милијарди евра актива, и според тоа е најголема банка во Македонија, позната како најголем кредитор на бизнис секторот. Дотолку повеќе, одговорноста на Стевкова – Штериева е поголема, особено што токму во годините што следеа откако таа беше назначена на актуелните топ позиции во банката, се случуваше светската финансиска и економска криза, која што ги погоди и македонските компании. После неколку турбулентни години и расчистување на квалитетот на кредитното портфолио, Комерцијална банка минатата година повторно ја заврши со одличен резултат, односно, пораст на профитабилноста од 50%. Стевкова – Штериева доаѓа од организација за која е карактеристично особено изразеното значење на женското лидерство – сите 14 главни секторски директори во Комерцијална банка се жени.

генерален директор и член на УО на ПроКредит банка

П

пишува:

Игор Петровски

igor.petrovski@kapital.mk

K

апитал по втор пат објавува листа на најуспешни и највлијателни жени во македонскиот бизнис. На годинешната листа се најдоа 15 жени кои се на високи

МИЛКИЦА ГЛИГОРОВА

член на Управен одбор и директор на производство на Фармација во Алкалоид Скопје

П

роизводниот центар Фармација се разбира е клучниот во целокупниот систем на нашата најголема фармацевтска компанија Алкалоид, а негов долгогодишен директор е Милкица Глигорова, која воедно е и член на Управниот одбор на компанијата. Со вкупен приход од преку 135 милиони евра и чиста добивка од 12 милиони евра, Алкалоид нема промашено година кога станува збор за растот на овие финансиски показатели. За натпревар со најголемите генерички фармацевтски компании во регионот и светот потребно е задоволување на екстремно строгите меѓународни стандарди во оваа индустрија, иновативност, висока технологија, постојан развој... За сето тоа да биде инкорпорирано во производните погони на Алкалоид се грижи токму Глигорова, и заради оваа нејзина одговорна задача не случајно ја одбравме и неа во оваа листа на најмоќни, највлијателни жени во македонскиот бизнис.

менаџерски позиции или членови во управни одбори на компании, банки, фабрики, маркетинг компании, жени кои основале свој приватен бизнис и успешно го развиваат надвор од границите на државата. Сигурно во Македонија има многу повеќе жени со импресивни приказни за успех во бизнисот, жени кои носат одлуки и имаат моќ да ги менуваат работите на македонската бизнис сцена. Годинава одбравме 15 од


www.kapital.mk

Капитал број 909 31.03.2017

28

ЖЕНИТЕ ВО БИЗНИСОТ

АЛЕКСАНДРА ДИЛЕВСКА

БРАНКА ПАВЛОВИЌ

П

Б

извршен директор на комуникациска агенција „Публицис“

ублицис е најголемата комуникациска и маркетинг агенција во земјава, дел од големата меѓународна Publicis групација, а Александра Дилевска е на нејзино чело повеќе од 20 години. Под нејзино водство, агенцијата била креатор на адвертајзинг кампањите на повеќе клиенти од редот на најголемите домашни компании и странски инвеститори, како Стопанска банка, Македонски телеком и др., а со своите тимови со голем успех и бројни освоени награди учествувала и во комуникациските активности на светските брендови. Најсвеж таков пример е проектот Sea Hero Quest, зад кој што стои тимот на Saatchi & Saatchi Skopje, дел од „Публицис“ групацијата, мобилна игра направена за клиентот Дојче Телеком која помага во борба против деменцијата. Оваа кампања беше апсолутен хит минатата година на престижниот Кански фестивал за адвертајзинг, каде што собра десетина награди. За нејзините достигнувања во промоцијата на креативноста во бизнисот во Македонија, промоција на македонската креативност надвор од земјата и поддршка на промоцијата на француската култура во Македонија, Дилевска пред две години беше одликувана од француската влада со престижниот орден „Витез од редот на уметностите и книжевноста“.

претседател на Управен одбор на Охридска банка Сосиете Женерал

анкарскиот сектор очигледно е предводник во македонската економија кога станува збор за застапеноста на жените во врвните раководни структури и „Охридска банка Сосиете Женерал“ (ОБСГ) е уште една потврда на овој тренд. Бранка Павловиќ дојде на челната позиција на банката пред две години, а нејзин претходник беше исто така жена, г-ѓата Јитка Пантучкова. Павловиќ е воедно и првата и единствена жена во моментов што е претседател на Управен одбор на банка во земјава. Во рамки на групацијата „Сосиете Женерал“ Павловиќ е повеќе од 17 години, назначувана на бројни менаџерски позиции, а пет години била исто така прв човек и на Сосиете Женерал Црна Гора. ОБСГ беше прогласена за „Банка на годината во Македонија за 2016 година“ од „The Banker“, една од најпрестижните меѓународни публикации за финансиски теми, награда што доаѓа веднаш по претходните две награди за најдобра банка, доделени од „Euromoney“ и „Global Finance“. Банката бележи постојан раст на пазарот, а предводник е во воведувањето на одредени производи и услуги, како кредитно животно осигурување, осигурување на кредитни картички, итн.

нив, кој на оваа листа е најдоа според функцијата која ја извршуваат, растот и развојот на компанијата со која управуваат, според пробивот на странските пазари, според иновативните продукти и процеси во бизнисот и

ДРАГАНА ЧИФЛИГАНЕЦ извршен директор на градежна компанија „Адора Инженеринг“

Т

аа е млада дама која што одлично се снаоѓа во нешто што се смета за машки бизнис, градежништвото. Д-р Драгана Д. Чифлиганец, има 33 години, а веќе е значаен дел од успехот на една од најбрзорастечките компании во Македонија, еден од најпознатите брендови во градежништвото – Адора инженеринг. Магистер по економија, доктор по правни науки, Чифлиганец вели дека маркетингот е нејзиниот фах, но за да биде успешен менаџер во градежниот сектор, морала да ги научи сите фази на изградбата не еден објект. Од пред десет години е активно вклучена во семејниот бизнис, што го почна нејзиниот татко проф. д-р Ванчо Чифлиганец, за кого што вели дека и е непресушен извор на инспирација и голем поддржувач на нејзиниот развој како менаџер. Особено е горда на фактот што Адора инженеринг ја негува родовата еднаквост преку еднакви можности за професионален напредок во кариерата и раководните позиции кои носат поголеми одговорности, но и бенефиции, вреднувано преку платите. “Со тоа го негуваме принципот на еднаквост и недискриминација за поголем економски раст во Македонија”, истакнува Драгана Чифлиганец.

целокупниот придонес во економијата и заедницата кои го имаат лично и преку компаниите со кои управуваат. Станува збор за жени кои се упорни, посветени на тоа што го работат, едуцирани, кои имаат визија и

ФАКТ: НАЈГОЛЕМ ДЕЛ ОД ЖЕНИТЕ НА РАБОТОДА


www.kapital.mk

Капитал број 909 31.03.2017

29

ВЕНЕРА НОВАКОВСКА

АНИТА СПАСОВСКА

П

Б

основач и директор на меѓународно училиште „НОВА"

реку дваесет години посветеност да се направи врвно образование со меѓународна акредитација во Македонија стојат зад Венера Новаковска, основачот и главниот двигател на развојот на Нова меѓународни училишта. Илјадници ученици излезени од клупите на Нова, илјадници студенти на домашните и странските универзитети, меѓу кои и најпрестижните Харвард, Принстон, Јејл, Сорбона, Оксфорд, Кембриџ...денес врвни професионалци и угледни членови на општествените заедници каде што живеат, сето тоа е резултат на неуморната работа и пожртвуваност на г-ѓа Новаковска и нејзините соработници. Освен посветеноста во креирање на врвна настана програма за образовна поддршка на деца и млади од три до 18 годишна возраст, Нова е партнер со голем број домашни и меѓународни организации со цел повисок квалитет во едукативната понуда, што подразбира и селектирање и усовршување на сопствениот наставен кадар по најсовремените стандарди. Исто така, голема е и ангажираноста на Нова во општествено одговорни акции, за што училиштето има добиено и бројни награди и признанија.

генерален менаџер на млекарница „Бучен Козјак“

учен Козјак е млекарница што своите корени ги има уште пред 34 години, во времето кога приватната иницијатива во Македонија сè уште беше табу тема. Основачите на компанијата со макотрпна работа и посветеност успеаја да изградат еден од најпрепознатливите брендови во млечната индустрија во земјава, а секако, една од најголемите заслуги во тоа го има генералната менаџерка Анита Спасовска. Своите почетоци во млекарницата ги има во одделот за финансии и во една прилика има изјавено дека во тие моменти воопшто не се надевала на таков развоен пат во кариерата. Но, како што вели, горда е што со својот тим успеала да изгради компанија што постојано се стекнува со нови знаења што брзо ги спроведува во пракса и така стекнува конкурентска предност. За својата успешна работа Спасовска повеќе пати е избирана меѓу топ менаџерите во Македонија, а има добивано и други награди и признанија. За тоа како успева да се организира за сите професионални и приватни обврски, таа само ја цитира мислата од Питер Дракер, која вели “Ако не знаеме да управуваме со сопственото време, со што тогаш воопшто знаеме?

амбиција да бидат најдобри во тоа што го работат, кои се одговорни кон компаниите со кои управуваат, кон вработените и кон заедницата во која живеат. Зад секоја успешна жена во бизнисот, има интересна

ИРЕНА ЈАКИМОВСКА

ко - сопственик и директор на текстилна компанија „Комфи Ангел“

К

омфи Ангел под водство на ко - сопственичката и извршна менаџерка Ирена Јакимовска прерасна во една од најголемите текстилни фабрики во Македонија, со преку 1000 вработени во моментов. Замислена да работи како производител и испорачувач на квалитетна постелнина и специјално за стратешкиот партнер, односно инвеститор од В. Британија, компанијата почна да продава и во други земји од ЕУ, постепено ширејќи го своето извозно портфолио. Јакимовска е позната како исклучително енергична и неуморна како бизнис лидер и мотиватор на своите вработени, за кои што милува да каже дека се нејзино големо семејство. Производството и приходите на компанијата континуирано растат под нејзино водство, а „Комфи Ангел“ е активен чинител и во голем број општествено одговорни акции во Прилеп, каде што е лоцирана фабриката, но и во целата земја. Јакимоска во една прилика рече дека нејзино бизнис мото е “купувачот е единствен шеф во компанијата и ако не е среќен може да го отпушти и главниот директор“. За неа, суштината на нејзиното постоење во „Комфи Ангел“ е креативната енергија што се труди да ја шири и пренесува на сите нивоа.

и мотивирачка приказна за патот кој треба да се изоди и за сите пречки кои треба да се надминат за да се стигне до успехот, за балансот кој треба да се направи помеѓу приватниот и професионалниот живот, за

АВНИ ФУНКЦИИ СЕ ВО ФИРМИ ДО 10 ВРАБОТЕНИ


www.kapital.mk

Капитал број 909 31.03.2017

30

ЖЕНИТЕ ВО БИЗНИСОТ

ЕЛЕНА ПАНДЕВА - КИТРОЗОСКА сопственик на модна куќа “Елена Лука“ и менаџер во градежна компанија Жикол

Д

окажана како успешен менаџер во семејната градежна компанија „Жикол“, Елена Пандева – Китрозоска неуморно трагајќи по предизвици, ја основа и модната компанија “Елена Лука“ која што стана најголемиот моден бренд во Македонија. Во едно интервју за домашните медиуми, Пандева – Китрозоска изјави дека нејзината дефиниција за модата значи визуелен израз на личниот идентитет и затоа оваа уметност за неа отсекогаш била посебен предизвик. Успехот со модниот бренд, ја мотивираше Пандева – Китрозоска во рамки на групацијата Жикол пред три години да издвои посебна компанија која под истиот бренд, односно “Elena Luka Home” на пазарот ќе понуди станови со повисоко ниво на ексклузивност, уникатен дизајн и комфор. Во 2015та се случи вселувањето на првиот станбено – деловен комплекс Luxury Homes, a истата година почна градбата на новиот станбен објект Living Large. Елена со својот тим стои и зад најчитаниот онлајн моден магазин во Македонија, Fashionel.mk, како и фондацијата Елена Лука, непрофитна организација замислена да им помага на граѓаните во решавање на нивните животни проблеми.

САЊА ТАНЧЕВСКА извршен директор на Триглав осигурување

Д

ека не само банките, туку и останатите делови од финансискиот сектор можат да се пофалат со високото присуство на жените на врвни менаџерски позиции, доказ е Сања Танчевска на местото извршен директор во најголемата осигурителна компанија во земјава, Триглав. А, таа не е единствен пример во осигурителната индустрија, во која што е влезена пред 12 години, прво како актуар, задолжена за процена и управување со ризици, а подоцна и на менаџерски позиции. Танчевска вели дека имала навистина голема среќа да биде дел од регионална групација, која што на своите вработени им нуди не само професионален, туку и личен развој, работа во средина која што е мотивирачка и современа, каде се ценат знаењето и експертизата, постојано се работи на усовршување на процесите и каде што зборот проблем се заменува со предизвик. Бизнисот на Триглав во Македонија има стабилен раст, постојано се воведуваат иновативни продукти, а плановите на компанијата се насочени и кон освојување на пазарни сегменти досега несвојствени за нив.

менаџирањето на семејните и службените обврски.. За повеќето од жените кои се наоѓаат на оваа листа, фактот дека се жени никогаш не им бил пречка за успех во кариерата, за напредување во компаниите кои денес ги раководат, ниту, пак, за развој на фирмите кои ги основале или во кој успешно ја преземале управувачката функција во семејните фирми кои ги основале нивните родители. Напротив, тие воопшто не се оптоварени со предрасуди

ИСКРА ВЕТАЏОКОСКА МУЦУНСКА

менаџер и ко-сопственик на прехранбена компанија „Виталиа“

Ш

то може да се каже повеќе за компанијата што повеќе од 25 години е синоним во Македонија за здрава храна, извозник во преку 50 земји со преку 500 артикли, бренд со многубројни меѓународни признанија и поседувач на најстрогите сертификати за квалитет и стандарди во работењето. Искра Ветаџокоска – Муцунска, ко – сопственик на Виталиа е нераздвоен дел од мозаикот на успехот на компанијата, која што вели дека управувањето е во природата на жената. “Таа го носи тоа во себе. Редовната пракса на мултитаскинг и помага на жената лесно да го прошири својот хоризонт и да се потврди успешна и надвор од семејниот дом.“ Нејзиното мото е “живеј ги вредностите на брендот кој го застапуваш“. “Во моето живеење и работење ги интегрирам вредностите поради кои Виталиа е успешна и прифатена – лидерство, интегритет, страст и квалитет. Ние предничиме со храброста и определеноста да создадеме подобра и поздрава иднина за генерациите што доаѓаат, автентични сме, посветени сме со срцето и умот и секако она што го работиме го работиме за доброто на нашите консументи.“, истакнува Ветаџокоска - Муцунска.

дека бизнисот е машки свет, туку целата своја енергија ја фокусираат на остварување на најдобри можни резултати во она што го работат. Секоја од нив ја истакнува посветеноста кон работата и постојаното професионално усовршување, како и успешното балансирање на кариерата, семејството и приватниот живот како клучни за успехот кој го посигнуваат. Македонската реалност покажува дека на чело на најголемите македонски компании се уште далеку



www.kapital.mk

Капитал број 909 31.03.2017

32

ЖЕНИТЕ ВО БИЗНИСОТ

МАРТА НАУМОВСКА – ГРНАРОВА

ВИЛМА УЧЕТА - ДУЗЛЕВСКА

ема човек што останал рамнодушен на дизајнираните радијатори од инокс што ги изработува “Завар компани“, скопската фабрика за производи од нерѓосувачки челик, која што има традиција долга речиси 30 години. Повеќе наликувајќи на уметнички дела, одошто на опрема за греење, тие се адутот на компанијата за пробивање на странските пазари последниве неколку години. “Мозокот“ зад овие ултра модерно обликувани радијатори е Марта Наумовска - Грнарова, менаџер во компанијата основана од нејзиниот татко на крајот од 80-те години. Во една прилика за Капитал рече дека таа се чувствува како уметничка душа што запливала во инженерските води и дека љубовта кон дизајнот практично го чекала вистинскиот момент да бликне со сета своја енергија. Кој имал прилика да ја запознае Наумовска – Грнарова видел дека се работи за личност со огромна страст за тоа што го работи, а нејзина главна задача е креирањето на компаниската стратегија за раст и развој и нејзината реализација. Според она што се случува во моментов, а тоа е 90% извоз на производството, можеме да кажеме дека Марта мошне добро го прави тоа, во услови на постојани промени и предизвици во глобалната економија.

ште една дама што е на чело на осигурителна компанија во земјава, и тоа во секторот што го има најдинамичниот пораст последниве десетина години во целата финансиска индустрија – животното осигурување. Кроациа Живот е лидер на пазарот во овој сегмент, а Вилма Учета – Дузлевска е главен извршен директор на компанијата повеќе од пет години, претходно извршувајќи други одговорни задачи на менаџерски позиции. Горда е на фактот што во менаџерскиот тим на нејзината компанија доминираат жени, и смета дека женското лидерство е во подем во Македонија. “Клучна работа за успех во управувањето е навременото носење на деловни одлуки“, вели таа. Според неа стабилноста треба да е одлика на секој менаџер. “Важно е првиот човек да делува смирено и во тензични ситуации да влева доверба кај тимот што го предводи.“ А, изборот на вистинскиот тим, е втората најбитен предуслов за успешно лидерство, сметаа Учета – Дузлевска. Со просечен годишен раст на премиите од 20%, Кроациа Живот повеќе од сигурно е дека ја води добро избран тим, а неговиот предводник ветува уште поголем квалитет на услугите и задоволство на корисниците.

менаџер на Завар компани

Н

главен извршен директор на Кроациа Осигурување – Живот

У

подоминантни се мажите. Статистиката покажува дека од вкупниот број работавци во Македонија, околу 25% се жени, додека останатите 75% се мажи. Или само 3,4% од вработените жени се на работодавна функција, додека процентот на мажи на работодавна функција гледано како учество во вкупниот број на вработени мажи е двојно поголем. Најголем дел од жените на работодавни функции се во фирми до 10

МАРИЈА ТОМЕСКА

извршен директор и претседател на Управен одбор на Еуролинк Осигурување

М

арија Томеска е прв човек на осигурителот Еуролинк веќе четири години, и како што изјави во една прилика, веднаш по стапување на функцијата, почнала со редефинирање на стратегијата на друштвото, како во однос на понудата и начинот на продажба, така и во поставеноста на внатрешните процеси и канали на комуникација во рамки на компанијата. Компанијата веднаш почна да работи на промовирање на незадолжителните осигурувања и нивно доближување до широката популација – преку редизајн на продуктите за станбено осигурување, пакети за осигурување од професионална одговорност на бизнисите и индивидуалците, како и со пакети за целокупно осигурување на имотот на малите бизниси. Потоа, тука е и доброволното здравствено осигурување, што од пред некоја година е новитет на домашниот пазар и каде што не само Еуролинк, туку и уште неколку осигурителни компании гледаат голем потенцијал за раст. Томеска вели дека креативноста, слободата во размислувањето и аналитичноста се главните водилки на нивната стратегија за развој и раст на компанијата, а Еуролинк според вкупната полисирана премија за минатата година е на третото место во областа на неживотните осигурувања.

вработени, а многу е помал бројот на жени кои се на раководни функции во среди и големи компании. Ако се анализира во кои сектори од македонската економија се најприсутни жените, тогаш дефинитивно тоа е финансискиот сектор, каде дури 68,8% oд вработените се жени. Следат трговијата каде 47% од вработените се жени, преработувачката индустрија каде 45% од вработените се жени. nnn


www.kapital.mk

Капитал број 909 31.03.2017

ЖЕНИТЕ ВО БИЗНИСОТ

33

ЛЕНЧЕ КАРПУЗОВСКА

МЕНАЏЕР ЗА КОМУНИКАЦИИ ВО ЕВН МАКЕДОНИЈА

ВИСТИНСКАТА ЖЕНА Е МЕНАЏЕР НА СВОЈОТ ЖИВОТ

О

д мој личен аспект, на професионалниот развој и на животните предизвици никогаш не сум гледала низ полова призма. Секогаш верував дека секој што има некоја амбиција и цел и работи кон постигнување на истата, ќе доживее успех. И моето животно и професионално искуство, како и на многу други упорни жени и мажи го докажува тоа. Најважно е да се има цел и напорно да се работи кон остварување на таа цел. Иако е 21 век можеби постојат предрасуди за жените на водечки позиции, но праксата докажува дека нема разлика која е детерминирана од полот. Разликата и постигнатиот резултат

зависат од личните способности, подготвеноста да се работи напорно и да се преземаат ризици. Ниту една жена не треба да го смета својот пол како пречка или слабост за постигнување на лични и професионални цели. Напротив. Многу пати се докажало дека жените имаат висока емоционална интелигенција и мудро ги решаваат проблемите. Во ЕВН Македонија, која што според својата дејност важи за „машка компанија“, многу жени на различни позиции секојдневно докажуваат дека само личните квалификации се важни за некој да биде успешен или не.

АНЕТА ПЕТРОВСКА РУСОМАРОСКИ МЕНАЏЕР ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ ВО ЕВН МАКЕДОНИЈА

ЕВН МАКЕДОНИЈА Е ПОСВЕТЕНА НА РАМНОПРАВНОСТ НА ЖЕНИТЕ

Ж

ените имаат различен пристап кон лидерството. Тие се справуваат со предизвиците на менаџментот на начин кој опфаќа повеќе можности за решавање на проблеми и креираат култура на соработка. Студии од реномирани универзитети потврдуваат дека вклучувањето на повеќе жени во менаџментот има позитивно влијание на тимовите, продуктивноста, иновативноста, донесувањето одлуки, квалитетот на услугите, продажбата и на профитот. Деловната етиката има интересни наоди во однос на разликите помеѓу мажите и жените во управните одбори, особено при донесувањето одлуки од страна на менаџментот. За жал студиите покажуваат дека жените добиваат помалку заслуги за тимска работа и тие се унапредувани врз основа на постигнувањата од минатото, додека нивните машки колеги се унапредени врз основа на нивниот иден потенцијал. Во последните две години започнавме

со програми и активности кои се протегаат низ целиот циклус на вработување, од регрутација и селекција, до тренинг, рамномерното плаќање и можностите за напредок во кариерата на жените со паралелно подобрување квалитетот на работата и поголема флексибилност на работното место. Во јуни 2016 за прв пат го организиравме целодневниот настан “Со ќерките на работа”. Нашата цел беше да ги охрабриме девојчињата да размислуваат покреативно и без предрасуди за нивното семејство, работата и општествениот живот и за нивната иднина и професија, можеби во науката, технологијата, инженерството и математичките занимања. Многу сум задоволна дека во 2016 година преку нашата Trainee програма, 40% од инженерските позиции беа пополнети со жени апликанти. Ова говори дека ЕВН Македонија е посветена

на овозможување на рамноправност на жените во секој поглед, како со зборови, така и со дела.


www.kapital.mk

Капитал број 909 31.03.2017

34 ИНТЕРВЈУ САЊА ТАНЧЕВСКА

ИЗВРШЕН ДИРЕКТОР НА ТРИГЛАВ ОСИГУРУВАЊЕ

УСПЕХОТ НЕ Е ДЕСТИНАЦИЈА, ТУКУ ПАТОТ ПО КОЈШТО ОДИМЕ

K

XКажете X ни малку повеќе за вашиот професионален бекграунд – колку време сте во Триглав Осигурување; како се развиваше вашата кариера во компанијата; претходни искуства… Во осигурителната индустрија работам веќе 12 години, од кои 9 години во Триглав. Осигурувањето на почетокот не беше професионалниот пат којшто го имав замислено. Како дипломиран математичар идеите ми беа насочени во сосема друг правец. Но, како и сè во животот, случајни настани ми трасираа сосема нов и возбудлив правец, прво како актуар, кој се занимава со процена и управување на ризици, а потоа и како менаџер во Триглав. На почетокот од кариерата 3 години работев во доменот на осигурување на живот, што на почеток беше голем предизвик, но со текот на времето се покажа како недоволно динамично за мој вкус, па нови предизвици пронајдов во Триглав Осигурување, компанија која што работи во доменот на неживотно осигурување. Имам навистина голема среќа да бидам дел од Групацијата Триглав, која што на своите вработени им нуди не само професионален, туку и личен развој, работа во средина која што е мотивирачка и современа, каде се ценат знаењето и експертизата, постојано се работи на усовршување на процесите, каде зборот проблем се заменува со предизвик. Кај нас во Триглав се негуваат тимската работа и талентите, па затоа и раководните кадри се бараат токму во потенцијалот на компанијата. Потврда за тоа сум и јас. По 6 години работа како раководител на службата за актуаријат, ми беше дадена можност да напредувам скалило погоре и да

Велат дека успехот не е дестинација, туку патот по којшто одиме, работејќи многу за да го оствариме својот сон. На тој пат потребна ви е поддршка, разбирање и секако помош. Тоа е семејството за мене. Без нивната поддршка сигурна сум дека не би можела да градам успешна кариера, ниту пак да бидам добра сопруга и мајка. Исто така, во работната средина, моите соработници се дополнителен мотив и поддршка, особено бидејќи со нив поминувам голем дел од своето време и секојдневно се стремиме кон заеднички цели, исто како и секое друго семејство. покажам дека можам и повеќе. Веќе три години сум на позицијата Извршен директор на Триглав Осигурување и можам да потврдам дека е комплетно возбудливо и динамично искуство, коешто ме исполнува. XКои X се вашите одговорности и задачи на моменталната менаџерска позиција? Во принцип, на тоа ниво не можете да поставите јасна граница во одговорностите и обврските помеѓу извршниот директор и главниот извршен директор. Како што веќе споменав, ја цениме тимската работа и тоа важи во сета хоризонтална и вертикална хиерархија. Сметаме дека на тој начин работиме поквалитетно, се надополнуваме и ги земаме во предвид сите аспекти за решавање на одредена проблематика, било тоа да се финансии, продажба, развој на продукти, или пак процена на штети. Успешното управување со ваква компанија, која што не само што е долгогодишен лидер на осигурителниот пазар, туку и наметнува навистина високи стандарди во работењето, се темели на едноставни принципи и правила, беспрекорно имплементирани во секој сегмент од работењето. Токму затоа ја негуваме тимската работа која што е предуслов за успех.

XКакви X се вашите проекции и очекувања за растот и развојот на компанијата до крајот на годинава – во кои осигурителни сегменти очекувате најголем пораст? Како компанија континуирано постигнуваме добри деловни резултати, што придонесува кон финансиска стабилност, потврдена со голем број на јавни признанија, од Qudal медалите за квалитет до Best Buy Award признанијата за осигурителна компанија којашто нуди најдобар однос помеѓу цената и квалитетот. Посветеноста кон исполнување на стратешките цели секако е една од главните причини за перформансите на компанијата и верувам дека овој тренд ќе го одржиме и оваа година. Инвестираме во нови, иновативни производи и услуги, кои што на клиентите ќе им обезбедат дополнителна вредност, ги подобруваме постоечките производи, сè со цел да го понудиме најдоброто. Во 2016-та година воведовме две дополнителни услуги, како комплементи на постоечки производи, а тоа се Триглав автомобилската асистенција и домашната асистенција. Работиме на развој на иновативни производи, меѓу кои е и осигурувањето на побарувања, а планираме и дигитални решенија, во

ИНВЕСТИЦИИ: ВЛОЖУВАМЕ ВО НОВИ, ИНОВАТИВНИ ПРОИЗВОДИ И УСЛУГ


www.kapital.mk

Капитал број 909 31.03.2017

35

Искреноста е основа во односот со луѓето XКои X се ваши најбитни принципи и вредности што ги следите во менаџирањето со луѓето и процесите во Триглав? Верувам дека искреноста е основа во односот со луѓето, без оглед дали тие се дел од вашиот професионален, или пак приватен живот. Затоа, транспарентноста е особено важна во една компанија, бидејќи вработените треба да знаат кои се деловните насоки, планови и цели, на крајот тие лично се оние кои учествуваат во нивното остварување. Секој има право и должност да покаже што умее, да го даде најдоброто, одговорно да се однесува кон обврските и луѓето. Отворениот пристап кон предизвиците, упорноста и принципиелното одлучување ми помагаат да бидам фер и истото го очекувам и од другите, поточно, од другите го очекувам она што пред сè го очекувам од себеси. Дополнително, позитивниот фокус во животот е предуслов да не дозволите минати неуспеси да ве спречат да постигнувате нови успеси. Тимската работа е секако еден од предусловите за успех, како во деловниот, така и во приватниот живот, исто како што е важно да покажете доверба и почит кон другите, да умеете да слушате и да водите двострана комуникација. Само на тој начин може да се оствари искрен однос, којшто се темели на взаемно почитување и којшто води кон остварување на заеднички зацртани цели.

согласност со денешните навики и животен стил. Уште еден стратешки важен сегмент за нас е доброволното приватно здравствено осигурување. Триглав Осигурување во април 2015-та година воведе на пазарот осигурување на специјалистичко амбулантно лекување, а минатата година беше воведен уште еден производ, осигурување на операции. И оваа година ќе продолжиме со развој во овој сегмент, којшто сметаме дека има голем потенцијал, иако е сè уште нов, а осигурениците немаат доволно познавања и информации за истото. Токму поради тоа, во нашиот фокус е информирање на јавноста за тоа што претставува доброволното здравствено осигурување и кои предности ги нуди.

XКој X бил ваш најголем предизвик/ предизвици досега на професионален план; како сте се справиле со нив и какви лекции сте научиле од сето тоа? Одлуката да навлезам во една, за мене и за јавноста дотогаш комплетно непозната професија, како актуарството, секако е еден од најголемите предизвици, за кој што сметам дека се случил на право место во право време. Од денешна перспектива единствено можам да кажам дека очигледно тоа за мене беше предизвик, а не препрека. Меѓутоа, сметам дека најголемиот предизвик сепак беше преземањето на позицијата извршен директор во Триглав. Таа позиција со себе носи огромна одговорност, бара особена

умешност во односите со луѓето, деловна мудрост и решителност. Од вашите одлуки денес, зависат многу неизвесни идни настани, што само придонесува секојдневно да работите на својот личен и професионален развој. И токму од тука доаѓа мотивот да го дадете најдоброто од себе, да не се плашите од грешки, туку да учите од нив. Да делувате, наместо да размислувате во недоглед, бидејќи, не е доволно само да гледате во скалите пред вас, туку и решително и со доверба да се искачувате по нив. Но, како и во животот, така и во работата, не можете да влезете во костец со сите предизвици одеднаш. Поставувате приоритети, се соочувате и му посветувате должно внимание на секој случај одделно, работите

ГИ, КОИ ШТО НА КЛИЕНТИТЕ ЌЕ ИМ ОБЕЗБЕДАТ ДОПОЛНИТЕЛНА ВРЕДНОСТ


www.kapital.mk

Капитал број 909 31.03.2017

36

ИНТЕРВЈУ

тимски и учите нешто ново секој ден, бидејќи, на крајот, не знаете сè. Tреба да бидеме отворени во тој поглед и да си дозволиме да учиме цел живот, тоа е предуслов да се развиваме и растеме како професионалци и како личности. XЗаради X специфичната улога на жената во општеството/семејството, балансирање на кариерата со приватниот живот често знае да е предизвик поголем од оној кај мажите. Како вие го менаџирате овој предизвик? Велат дека успехот не е дестинација, туку патот по којшто одиме, работејќи многу за да го оствариме својот сон. На тој пат потребна ви е поддршка, разбирање и секако помош. Тоа е семејството за мене. Без нивната поддршка сигурна сум дека не би можела да градам успешна кариера, ниту пак да бидам добра сопруга и мајка. Но, исто така знам дека тоа е двонасочен пат и дека и јас за моето семејство сум истотото што и тие за мене. И не само тоа, во работната средина, моите соработници се дополнителен мотив и поддршка, особено бидејќи со нив поминувам голем дел од своето време и секојдневно се стремиме кон заеднички цели, исто како и секое друго семејство.

Секако дека е потребно добро планирање на времето и обврските, како и недвоен фокус на приоритетите за успешно да се справам со секојдневието и во секој сегмент од животот да го дадам својот максимум. Но, токму тој баланс помеѓу приватниот и деловниот живот и фактот дека не отстапувам и секогаш се вложувам во целост, прави да се чувствувам комплетно реализирана како личност и како професионалец. XНа X кој начин Триглав Осигурување пропагира родова и секаква друга еднаквост во своите принципи на работење, во рамки на целокупната стратегија за општествена одговорност? Секако, јас сум пример дека во Триглав не е е важна родовата припадност. Сметам дека во нашата компанија, како и во Групацијата, во потполност е надмината оваа бариера и воопшто не е мерило, стандард на одлучување, или пак фактор, којшто би се зел во предвид кога оценуваме нечии перформанси. Важни се квалитетот, експертизата, професионалноста. Луѓето ја добиваат својата шанса врз основа на своето знаење, квалитет и однос кон работата, а не затоа што се мажи, жени, млади, возрасни, итн. Повеќе од

половина од членовите на средниот менаџмент во Триглав се жени, што се должи на нивните резултати, а не на родовата припадност. Тоа е многу очигледна порака за сите вработени во компанијата и за јавноста и воедно дава јасна претстава за каква компанија станува збор. Градиме премиум бренд, со јасно дефинирани вредности, како едноставност, безбедност, одговорност, стручност и современост. Носители на тие вредности сме ние, вработените. Само на тој начин, со сплотување на корпоративните и личните вредности можете да настапите искрено и транспарентно на пазарот и да успеете во својата мисија, која што за нас е да градиме безбедна иднина за сите, нашите клиенти, вработените, акционерите. Како лидер на пазарот имаме одговорност да придонесуваме кон неговиот развој, што е вткаено во нашата визија, динамично да развиваме нови начини на работење, како основа на долгорочен одговорен развој, а секако истовремено да работиме профитабилно и безбедно. Се фокусираме на иднината и на реализирање на плановите и целите, не губиме време и енергија за какви било предрасуди, а луѓето ги гледаме единствено низ призмата на нивните квалитети и постигнувања. nnn

РЕЦЕПТ ЗА УСПЕХ: НЕ ПОСТОЈАТ ПРОБЛЕМИ, ТУКУ ПРЕДИЗВИЦИ



Капитал број 909 31.03.2017

38

www.kapital.mk

ЖЕНИТЕ ВО БИЗНИСОТ

ЈАЗОТ ВО ПЛАТИТЕ БАВНО СЕ НАМАЛУВА

ЖЕНИТЕ СЕ УШТЕ СЕ ПЛАТЕНИ ПОМАЛКУ ОД МАШКИТЕ КОЛЕГИ

ФАКТ: НАЈГОЛЕМ ДЕЛ ОД РОДОВИОТ ЈАЗ ВО ПЛАТИТ


www.kapital.mk

В

В о Маке д о нија жените пр о сечн о заработуваат 12,5% пониска плата од мажите, но доколку се направи споредба на платите на мажите и жените според исти карактеристики, како образование, искуство, вештини, разлика зголемува и до 28,4% кај лицата без образование или само со основно образование. Ова укажува дека за иста позиција и за исти карактеристики жените се помалку платени. “Во Македонија жените во просек заработуваат 12,5 % помала плата од мажите. Кога ќе се земат предвид карактеристиките како образование, стаж, возраст и во кое занимање се профилираат овој јаз се зголемува на 17,3%. Кај населението пак со основно образование овој јаз достигнува до 28%. Тоа значи дека жените за работа со иста вредност заработуваат помалку од мажите”, изјави Благица Петрески извршна директорка од „Фајненс тинк“, во чија организација неодамна се одржува економскиот форум на тема „Родово еднакви плати за поголем економски раст“. Најголем дел од родовиот јаз кај платите, според истражувањата на Фајнанс тинк е поради големата неактивност на жените на пазарот на труд. Податоците покажуваат дека дури 46% од жените воопшто не бараат работа. Фактот што овие жени не се вработени и не земаат плата ја искривува сликата за родовиот јаз во платите. Така, кога ќе се пресмета родовиот јаз коригиран за неактивноста на жените, разликата во платата меѓу мажите и жените со исти карактеристики се сведува на 7,5%. Резултатите покажаа дека дискриминацијата во платата меѓу мажите и жените се движи од 5,4% до 9,8%, а речиси и да не постои кај високообразованите жени. Податоците покажуваат дека жените не седат дома затоа што не се образовани или немаат добри карактеристики, туку напротив резултатите покажуваат дека се пообразовани, но заради одредени причини останале неактивни. Податоците покажуваат дека речиси секаде во светот жените заработуваат помалку од мажите, и дека овој јаз во платите се намалува многу бавно. Причините за постоењето на родовиот јаз во платите се различни, меѓу кои се дискриминација, поради традиционалните карактеристики на некои општества жената да се грижи за домот и за семејството, поради улогата на жената како неплатен семеен работник, но исто така и поради

Капитал број 909 31.03.2017

39 Во Македонија жените просечно заработуваат 12,5% пониска плата од мажите, но доколку се направи споредба на платите на мажите и жените според исти карактеристики, како образование, искуство, вештини, разлика зголемува и до 28,4% кај лицата без образование или само со основно образование. Ова укажува дека за иста позиција и за исти карактеристики жените се помалку платени. Податоците покажуваат дека не само во Македонија, туку речиси секаде во светот жените заработуваат помалку од мажите, и дека овој јаз во платите се намалува многу бавно. БЛАГИЦА ПЕТРЕСКИ

извршна директорка од „Фајнанс тинк”

В

о Македонија жените во просек заработуваат 12,5 % помала плата од мажите. Кога ќе се земат предвид карактеристиките како образование, стаж, возраст и во кое занимање се профилираат овој јаз се зголемува на 17,3%. Кај населението пак со основно образование овој јаз достигнува до 28%. Тоа значи дека жените за работа со иста вредност заработуваат помалку од мажите”

сегрегација на професиите. За жал, сè уште постојат женски и машки професии. Мајчинството, исто така, може да биде фактор што го објаснува јазот. Поради родителски обврски, жените често работат со скратено работно време, прават прекини во кариерата. Поради семејните обврски, жените често се спречени да работат прекувремено, не се во можност да патуваат доколку е потребно и сл.

Како да се намали родовиот јаз во платите?

Петрески е една од авторите на студијата „Анализа на родовиот јаз во платите кога жените се високо неактивни: Докази од повторени импутации со македонски податоци“, во коа која се предлагаат и повеќе мерки како да се намали овој родов јаз во платите. Дел од мерките трена да бидат насочени кон поттикнување на активноста на жените на пазарот на труд, надминување на стереотипите за машка и женска професија, а важна е, истакна Петрески, и поддршката од семејството и партнерот. “Кога жената поактивно би се вклучила на пазарот на труд може да имаме поширок избор на понуда на пазарот. Преку нивната активација најпрво може да очекуваме поголема понуда на работна сила, а од друга страна и поквалитетна и на тој начин да придонесеме за поттикнување на економскиот раст”, рече Петрески. Меѓу другите решенија за намалување на родовиот јаз што се препорачуваaт се зголемување на минималната плата,

особено во текстилната и кожарската индустрија, поголем број градинки, воведување флексибилно работно време, право за скратено работно време на родител на новородено дете, татковско платено отсуство... Исто така, се препорачува зголемување на учеството на жените во стручното образование, родова еднаквост во приватниот сектор и контроли за намалување на родовиот јаз, како и национална кампања за зголемување на свесноста во опшеството за фер плата, односно дека секој треба да заработува според своите знаења и способности и нема да биде дискриминиран по пол.

Балканот најблиску до половна рамноправност во платите

Родовиот јаз во платите не е проблем само на Македонија, туку постои и во многу побогати и поразвиени држави кои се многу гласни и многу повеќе прават во пракса за родовата еднаквост. Според последните податоци на Евростат, во Европската Унија мажите во просек биле за 16,4% подобро платени од жените. Жените на менаџерски позиции заработуваат во просек помалку во секоја земја членка на ЕУ. Се разликува само распонот на таа разлика во платите. Словенија е на прво место со најмала разлика во платите од само 2,4%. Следуваат Романија со 5%, Белгија (13,6%), Бугарија (15%), Чешка (29,7%), Словачка (28,3%), Полска (27,7%), Германија (26,8%, Естонија (25,6%) и Велика Британија со разлика во платите од 25,2%.

ТЕ Е ПОРАДИ ГОЛЕМАТА НЕАКТИВНОСТ НА ЖЕНИТЕ


www.kapital.mk

Капитал број 909 31.03.2017

40

ЖЕНИТЕ ВО БИЗНИСОТ Разлика во плати

Општи разлики

меѓу мажи и жени

во плати меѓу

на иста позиција

мажи и жени

Естонија

-11%

-24%

Литванија

-10%

-16%

Словачка

-9%

-23%

Чешка

-8%

-23%

Латвија

-8%

-20%

Унгарија

-8%

-20%

Финска

-6%

-18%

Србија

-6%

-12%

Хрватска

-5%

-9%

Словенија

-4%

-7%

БиХ

-4%

-9%

Полска

-2%

-23%

Држава

Извор: Paylab

Меѓу мерките за намалување на родовиот јаз што се препорачуваaт се намалување на неактивноста на жената на пазарот на трудот, зголемување на минималната плата, особено во текстилната и кожарската индустрија, поголем број градинки, воведување флексибилно работно време, право за скратено работно време на родител на новородено дете, татковско платено отсуство.

Разликата во платите меѓу мажите и жените е присутна во целиот свет. Меѓународниот сервис за истражување на висината на платите Paylab ги анализирал платите на мажите и жените во повеќе земји и дошол до заклучок дека жените заработуваат 2% до 11% поомалку од машките колеги на истото работно место во земјите од средна и источна Европа: Србија, Словачка, Унгарија, Чешка, БиХ, Естонија, Литванија, Хрватска и Финска. Разликите во просечните месечни примања меѓу половите на исто работни места се многу поголеми во земјите на средна и источна Европа. Општо земено, жените заработуваат во просек 9% до 24% помалку отколку мажите. Ова е резултат на фактот дека жените почесто се вработуваат во сектори каде платите се пониски, почесто користат пауза во кариерата заради родителство и нега на дете, а исто така се и послабо застапени на менаџерски позиции. Најголема разлика во платите меѓу мажите

и жените има во Естонија, дури 24%, следат Словачка, Чешка и Полска каде жените имаат за 23% пониски плати од мажите. Од друга страна, најмали разлики меѓу просечните плати на мажите и жените има на Балканот, во Словенија, само 7%, додека во Хрватска и БиХ таа разлика е 9%. Она што е интересно е дека жените имаат исти можности по завршувањето на школувањето. Мажите, меѓутоа се склони кон асертивен пристап во преговарањето за плата. Анализата на Paylab покажуваат дека мажите имаат поголеми очекувања за плата во споредба со жените. Најголема разлика помеѓу платите на мажите и жените има во периодот од 35 до 44 година, додека најмала е разликата во плати до 34 годишна возраст. Ова е последица на земањето на породилно отсуство во време на кое жените ја ставаат кариерата на “чекање”, додека мажите продолжуваат да напредуваат во кариерата. Таа разлика по враќањето од породилно, жените тешко или никогаш не ја надоместуваат. nnn



www.kapital.mk

Капитал број 909 31.03.2017

42

ЖЕНИТЕ ВО БИЗНИСОТ

РАЗГОВАРАВМЕ СО ДВЕ ТОП МЕНАЏЕРКИ ВО ОХРИ

ЗАД СЕКОЈА УСПЕШНА ЖЕНА ОД СЕМЕЈСТВОТО И ТИМОТ ОД

Н

ина Неданоска и Катерина Јанковиќ се раководителки на оддели во Охридска банка Сосиете Женерал (ОБСГ) Недановска го предводи Секторот за корпоративно и инвестициско банкарство, а Јанковиќ е одговорна на Дирекцијата за продажна мрежа. И двете соговорнички се од почетокот на своите кариери во ОБСГ, што и за Неданоска и за Јанковиќ значи повеќе од 14 години. За Нина, исполнувањето на личните кариерни цели и предизвици е директно поврзано со личните успеси и достигнување во работното окружување, но и во голема мера со успехот на институцијата. “Процесите и технологиите секојдневно се менуваат, но она што е константа во целиот тој континуитет се луѓето. Луѓето со кои работиме, луѓето за кои работиме. Пред сè, ние сме тука за нашите клиенти, чии потреби секојдневно растат и се развиваат. Така, предизвиците во нашето секојдневно работење не е само да се следат нивните потреби, туку и да

се антиципираат и проактивно да се наоѓаат ефективни решенија за нив. А сето ова е возможно, бидејќи го правиме со нашите луѓе, кои се посветени професионалци со тимски дух. Оттука, сè додека во фокусот се луѓето и меѓучовечките односи, успехот во кариерата на поединецот и успехот на институцијата е загарантиран.“, истакнува Неданоска. Доказ, според неа, за исправноста на ваквиот пристап се трите награди кои Охридска банка Сосиете Женерал ги доби во само една година од реномираните The Banker, Euromoney и Global Finance, што е уште поголем поттик за понатамошна посветена работа. “Од друга страна, колку од тие предизвици ќе бидат исполнети и достигнати, тајната на успехот лежи во подготвеноста на вистински начин да се впуштите во костец со истите. Желбата да се реализираат одредени цели и предизвици секогаш треба да биде посилна од стравот да не се успее. Ништо не може да ја замени упорноста. Ниту талентот, ниту генијалноста, ниту образованието. Разликата меѓу оние кои успеале да го живеат својот сон и оние останатите, не е само во знаењето и мудроста, туку и во упорноста и одлучноста. Тоа е она што

мене ме води на патот кон реализацијата на зацртаните цели.“, додава Неданоска.

Да се најде “рецептот“ за задоволство и на банката и на клиентите

Слично размислува и нејзината колешка Катерина Јанковиќ, која што смета дека за секој менаџер, без исклучоци, неизоставен дел од успешната кариера е растот и развојот на бизнисот за кој што е одговорен. “За мене лично, предизвик е како да продолжам да го применувам она што сум имала можност да го искусам а притоа придобивките да бидат значајни. Предизвик е да се работи со тим, предизвик е како постојано да се инвестира во него. Заложбите за развој на тимот ја носат иднината, а особено пронаоѓањето на вистинскиот момент кога треба да се отстапи и да им се овозможи на вработените самостојно да го направат најдоброто за дадената ситуација. Луѓето се во центарот на нашето внимание без разлика дали тоа се нашите клиенти, или пак вработените. Да се пронајде најдобриот ‘рецепт’ за задоволство на двете страни е предизвик. Секој би рекол дека среќа е да се биде на вистинското место во вистинското време, кога одредени можности се појавуваат.

КАТЕРИНА ЈАНКОВИЌ

РАКОВОДИТЕЛ НА ДИРЕКЦИЈАТА ЗА ПРОДАЖНА МРЕЖА

СЕ ТРУДАМ ПРЕКУ ЛИЧЕН ПРИМЕР ДА ГИ МОТИВИРАМ ВРАБОТЕНИТЕ

З

а Катерина Јанковиќ, остварувањето на големата желба да работи во банка по завршувањето на студиите во 2003 година, значело и да се пресели од родниот Скопје во Охрид, каде што е и седиштето на Охридска банка Сосиете Женерал, откако ја прифатила првата понуда за работа. “За многумина неразбирливо, но за мене тоа беше голема радост. Во тоа време единствено таму добив можност да поминам квалитетно време во сите сектори на Охридска банка и разберам како всушност функционира една банка.“, вели Јанковиќ. По една година се вратила во Скопје и професионалниот развој го продолжила во Филијалата во главниот град. Оттогаш имала бројни позиции во рамките на продажниот сектор, како кредитен референт, а потоа и раководител на Дирекција за големи и меѓународни клиенти која во 2013 година ги опфатила и мали и средни претпријатија. По долги години посветеност

на корпоративниот сектор, во 2015 година и во насока на проширување на банкарското искуство, Катерина преминува на позицијата раководител на продажна мрежа, станувајќи дел на Секторот банкарство за население и маркетинг. “Да му се пркоси на динамичното окружување, да се искористи огромниот потенцијал за развој преку континуирани иновации, да се одржи константен раст на бизнисот преку мрежата на експозитури во која клиентите ќе се чувствуваат пријатно, ќе бидат професионално и ефикасно услужени од мотивирани вработени – преточено во една реченица е она со што го започнувам секој работен ден.“, вака ја опишува суштината на својот работен предизвик Јанковиќ. Според неа, лидер значи да се биде личен пример, па оттука преку сопственото однесување и почитување на правилата да се развие комуникација заснована на доверба, да се биде истраен и отворен кога работите не одат во добра насока, да се мотивира тимот кога можностите се отвораат.


www.kapital.mk

Капитал број 909 31.03.2017

43

ИДСКА БАНКА СОСИЕТЕ ЖЕНЕРАЛ

А СТОИ ПОДДРШКА ОД ДОВЕРБА Но, јас би рекла дека клучот на успехот е да верувате во себе и да бидете истрајни, да ги претворите можностите во реалност. Успехот е предодреден од умешноста, како се справуваме со ситуацијата, како се однесуваме со луѓето.“, вели Јанковиќ. А, за успешно менаџирање со луѓето, потребна е отворена, транспарентна и двонасочна комуникација со нив, со доверба да се поттикнат и мотивираат да партиципираат активно и иновативно кон остварување на зададените цели, додава таа. Посветеноста, одговорноста, амбицијата и креативноста се неопходните вредности, а добриот менаџер мора да умее да го пронајде вистинскиот начин за одржување на високо мотивиран тим во чиј фокус е примена на посветен и иновативен пристап за задоволување на потребите на клиентите. Или како што вели Нина Неданоска, основата на успешното менаџирање е да не се фокусираме единствено на тоа што е јасно поставено пред нас, туку да продреме и откриеме што се наѕира во далечината. Визијата што може да нè очекува неколку чекори понапред е, основата за успешното управување, смета таа.

“Ако треба да издвојам неколку менаџерски принципи и вредности кои ги следам во секојдневната работа тогаш тоа е: максимална доверба во луѓето од мојот тим, нивно постојано мотивирање и поттик за независно решавање на зададените задачи, активна двонасочна комуникација, препознавање на нивните вредности и нивно истакнување како дополнување на заедничкиот увид во грешките и се разбира, конструктивен фидбек.“, истакнува Неданоска.

Сè се постигнува со добра организација

На крајот ги прашавме нашите соговорнички менаџерки, како го прават балансот помеѓу професионалното и приватното. И за двете семејството е клучниот столб што ја дава поддршката во борбата со секојдневните предизвици. “Перфектно избалансиран професионален и приватен живот е тешко да се постигне, а притоа да се води константна борба со сите предизвици“, вели Катерина Јанковиќ. “Но, доколку се прави тоа што се сака и само затоа што се сака , тогаш напорната работа воопшто не е напорна. Само тогаш задоволството е големо. Кога се прави нешто кое ти ја храни душата - позитивните

вибрации стигнуваат сегде. Се чувствуваат и во семејството бидејќи сè почнува и завршува со него. Со добра организација сè е остварливо и достижно. Па дури и после напорен ден на работа, без никаква тежина и полна со позитивна енергија да им се посветам на моите деца и поминам квалитетно време со нив и со сопругот. Дружењето со пријателите е исто така од непроценлива вредност. “, додава Катерина. Нина пак, вели дека е свесна оти нејзините професионални обврски бараат и жртва кога е во прашање нејзиното семејство, но на “крајот секогаш сте задоволни кога имате со кого да ја споделите среќата“. “И тие за мене, и јас за нив. Мојот сопруг и двете деца се мојот извор на енергија и верувам дека така треба да биде за секој успешен човек. Без разлика каков професионален ангажман носите, мора сè да почнува и да завршува со семејството. А сигурна сум дека има време за сè, и за натпреварот по математика за седмо одделение и за заедничкото вежбање на чекорите по фолклор. И, се разбира, за чашката вино испиена со сопругот после напорниот ден. Битно е само да се научи како да се управува со сопственото време. Избегнете одложување на решението на ‘проблемите’, без разлика дали се професионални или приватни. Утврдете распоред на активности во денот, запазете ги притоа приоритетите... И она најважното според мене, верувајте им на луѓето, соработниците и најблиските. “, заклучува Нина Неданоска. nnn

НИНА НЕДАНОСКА

РАКОВОДИТЕЛ НА СЕКТОРОТ ЗА КОРПОРАТИВНО И ИНВЕСТИЦИСКО БАНКАРСТВО

СРЕЌНА СУМ ШТО МОЈОТ ТИМ Е ПОСВЕТЕН НА ЗАДОВОЛСТВОТО НА КЛИЕНТИТЕ

П

о дипломирањето на Економскиот факултет во Скопје, го почнав остварувањето на мојот детски сон – да станам успешна деловна жена во банкарскиот свет, вели Нина Неданоска. Таа својата кариера ја почнала на позицијата благајник, искуство кое е исклучително за неа, и задолжително да го поминат сите оние што имаат намера да бидат активен чинител во услужната индустрија. “Вообичаено беше нововработените да почнат со работа во директен контакт со клиентите на благајна, бидејќи токму тоа е местото од каде започнуваат сите активности. Само доколку добро ги познавате вашите клиенти, кои се нивните реални потреби и очекувања, можете да ги планирате вашите активности во иднината. Тоа искуство беше одлична основа врз која се надградуваше мојот понатамошниот личен развој на повеќе позиции во Банката”, се сеќава Неданоска на своите почетоци во Охридска банка Сосиете

Женерал. Вложувајќи го сето нејзино знаење, амбиции, напорна работа и подготвеност да го даде најдоброто од себе во сите работни задачи, во 2006 година почнува нејзиното кариерно напредување, на различни раководни позиции. Првично, се разбира тоа биле пониски позиции, но со текот на времето со нејзиното професионално надградување и искуство, добива различни нови предизвици. “Во моментов раководам со Секторот за корпоративно и инвестициско банкарство кој е составен од Дирекцијата за корпоративно банкарство и МСП (мали и средни претпријатија); Дирекцијата за кредитна анализа и Дирекцијата Тргување и пазари на капитал. Она што ме прави особено среќна и горда е што тимовите во овие дирекции во целост се посветени на задоволството на нашите клиенти – правни лица од услугите и поддршката на Банката“, вели Неданоска за својата работа.


www.kapital.mk

Капитал број 909 31.03.2017

44

E

ЖЕНИТЕ ВО БИЗНИСОТ

Eдно истражување направено неодамна во Велика Британија покажува дека на менаџерските позиции на големите фирми има повеќе мажи директори ко и се в и ка а т Џ о н, споредено со вкупниот број на жени менаџери. Ова можеби најсликовито ја покажува се уште големата разлика меѓу половите кога станува збор за управувањето со големите компании. И покрај вложениот труд во промовирање на половата еднаквоста, најновиот извештај на Еуростат покажува дека од 7,3 милиони лица на менаџерски позиции во Европската унија, поточно во фирмите со најмалку 10 вработени, само 2,6 милиони или 35% се жени, иако жените сочинуваат половина од вкупниот број на вработени во ЕУ. Како и обично, статистиката открива големи разлики помеѓу земјите членки, а резултатите се прилично изненадувачки ако се појде од вообичаениот критериум на економска развиеност и чувствителност на општеството. Најголем удел на жени на управувачките позиции е забележан во Латвија, што е единствена земја членка во ЕУ каде жените се 53% или мнозинство на менаџерските позиции. Следуваат Бугарија каде има 44% жени на менаџерски позиции, Полска со 44%, Ирска со 43% жени менаџери, Естонија (42%), Литванија (41%), Унгарија (41%), Романија (41%), Франција (40%) и Шведска (40%). Она што паѓа во очи според податоците кои ги објави Еуростат е дека северно европските земји кои обично се најгласни за правата и вклученоста на жените немаат некои посебно добри резултати и дека развиените и побогатите земји начелно каскаат зад посиромашните земји во кога станува збор за вклученоста на жените во управувачките структури. Интересно е што на крајот на листата се наоѓаат Германија, Италија и Кипар каде има само 22% жени на менаџерски позиции, а нешто подобро стојат Белгија со 23%, Австрија со 23% и Луксембург со 24% жени на менаџерски позиции. Податоците за САД покажуваат дека во управните одбори на Fortune 500 компаниите само 20,2% се жени, и дека ќе бидат потребни 40 до 100 години за да се постигне родова еднаквост во корпоративните бордови на најголемите американски компании. Податоците од публикацијата “Мажите и жените во Македонија” која ја изготви Државниот завод за статистика покажува дека се уште има големи разлики меѓу мажите и жените на работодавна функција. На пример, од вкупно вработени 221.882 жени во Македонија во 2015 година, само 7.556 или 3,4% биле на работодавна функција. Тој процент е речиси двојно повисок кај мажите, според податоците кои

ЗОШТО Е ДОБРО ДА ИМА ПОВЕЌЕ ЖЕНИ ВО ВИСОКИОТ МЕНАЏМЕНТ?

Иако се вложува многу труд за подобрувањето на половата еднаквост во управните одбори и високите менаџерски функции во Македонија, па и во целиот свет се уште доминираат мажи, иако се побројни се истражувањата кои докажуваат дека поголемото учество на жените во високите менаџерски структури го зголемува профитот, ја зголемува стапката на поврат на капиталот и инвестициите, привлекува повеќе талентирани работници и ја подобрува општествената општествена одговорност на компанијата. укажуваат дека 7,6% од вработените мажи се на раководни функции. Во Македонија има околу 30 илјади работодавци, од кои 7.500 се жени, а 22.500 се мажи. Значи само 25% од работодавците во Македонија се жени, а останатите 75% се мажи. Најголем дел од жените на работодавни функции се во фирми до 10 вработени. Многу истражувања направени во последните неколку години покажуваат дека компаниите кои имаат повеќе жени во своите менаџерски тимови и управни одбори остваруваат подобри финансиски резултати, остваруваат подобра стапка на поврат на капиталот. Едно истражување кое го направи познатата консултантска куќа McKinsey, спроведено во 366 компании од целиот свет, покажува дека компаниите во чие раководство има изедначено учество на мажи и жени остваруваат поголем профит. Понатаму Истражувањето покажува дека компаниите

во кои има балансирано учество на мажи и жени во менаџментот прават многу подобар избор на талентирани работици и покажуваат поголем успех во нивното задржување. Овие компании исто така имаат посилни односи со клиентите и носат подобри одлуки. И едно друго истражување, пак, спроведено во Велика Британија, исто така покажува дека компаниите со повеќе жени во управните органи работат многу подобро од своите ривали, односно тие имаат 42% повисок поврат од продажбата, 66% поголем поврат од инвестираниот капитал и 53% повисок поврат на капиталот на акции. Истото истражување заклучува дека родовата разноликост во управните одбори носи четири придобивки: ги подобрува резултатите на компанијата; компанијата е пореспонсивна на пазарот, има подобро корпоративно владеење, има пристап до поширока талентирана база на луѓе. nnn

ФАКТ: САМО 3,4% ОД ВРАБОТЕНИТЕ ЖЕНИ СЕ СО РАБОТОДАВНА ФУНКЦИЈА


ДАМИТЕ ВО АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ СОЗДАВААТ ДОМОВИ СО ИЛЈАДНИЦИ СРЕЌНИ МИГОВИ НА m²

А

дора инженеринг, лидер во високоградбата во Македонија, во градежниот бизнис кој асоцира на посилниот пол, се издвојува со голем процент на застапеност на дамите кои менаџираат со клучни сектори во компанијата. Почнувајќи од извршната директорка, жените во Адора

кои го водат секторот за недвижности и продажба, досега имаат продадено илјадници домови низ Македонија, во кои живеат повеќе од 13.000 станари, што е еднакво на еден цел град. Дамите во Адора инженеринг се горди што заедно со останатите колеги, ја плетат успешната македонска градителска приказна која деценија и пол создава

Flatiron

Дали сте знаеле

дека идејата за изградба на

македонскиот

во срцето

на Скопје потекна од една дама? раководат со правниот, комерцијалниот, секторот за продажба, недвижности, инвестиции и развој, секторот за енергетска ефикасност, маркетингот, односите со јавноста... Високопрофесионалните, стручни, иновативни и вешти дами во Адора, посветено работат во проектантското, архитектонско биро, каде се исцртани 40 препознатливи објекти за домување и бизнис низ Македонија. Жените вработени во Адора се грижат за финансиите, но со шлем на главата и работно одело, тие стојат и рамо до рамо со нивните машки колеги на градилиштата, давајќи им душа на железото и бетонот, од што се раѓаат идните безбедни домови на македонските граѓани. Како што најдобро умеат припадничките на „понежниот пол“, трудољубиво, трпеливо, истрајно и посветено, дамите во Адора вградувајќи парче од својата душа, заедно со мажите менаџери, стручњаци и вредни градители, во изминатите 15 години имаат изградено 2.700 домови. Менаџерките

домови со илјадници среќни мигови на m², исполнувајќи ги желбите и на најпребирливите купувачи. Со природно изостреното чувство на грижа за идните поколенија и фактот дека жената е столб во куќата, дамите во Адора се трудат на купувачите да им понудат трајни, иновативни, квалитетени и економични домови, изградени со љубов, според современите светски стандарди, бидејќи „Сé започнува и завршува во домот“. nnn

Адора инженеринг е прогласена за родово одговорна компанија во 2016-та година од Институтот за економски истражувања и политики Finance Think во Скопје, каде констатираа дека во компанијата воопшто нема родов јаз во платите. „Адора инженеринг ја негува родовата еднаквост преку еднакви можности за професионален напредок во кариерата и раководните позиции, кои носат поголеми одговорности, но и бенефиции, вреднувано преку родово еднакви плати. Со тоа се залагаме за еднаквост и недискримнинација и за поголем економски раст во Македонија“, порача д-р Драгана Чифлиганец, извршна директорка во Адора инженеринг. www.adora.com.mk


www.kapital.mk

Капитал број 909 31.03.2017

46

СВЕТ БИЗНИС И ПОЛИТИКА

ПРЕГОВОРИТЕ ЗА БРЕГЗИТ ПОЧНУВААТ

БРИТАНСКАТА ПРЕМИ НАРЕДНИВЕ ДВЕ ГОД ЌЕ ВОЈУВА НА ТРИ ФР

С

Стана јасен и датумот кога ќе почнат преговорите меѓу Велика Британија и Европската унија за разделба. Тоа е 29 март. Во понеделникот постојаниот претставник на островската држава во

Брисел, сер Тим Бароу, и го најавил ова на Европската комисија, за нешто подоцна информацијата да ја потврди и портпаролот на премиерката на Обединетото Кралство, Тереза Меј. Со писмо, што Меј ќе го испрати до претседателот на Советот на ЕУ, Доналд Туск, идната среда, практично ќе биде активиран членот 50 од Лисабонскиот договор, по што ќе почне двегодишниот преговарачки процес. Во овој период Лондон и Брисел ќе треба да постигнат взаемно прифатлив

договор за идните меѓусебни односи. По официјалното известување ЕУ ќе има два дена да и одговори на Меј, а потоа ќе почне едномесечен процес на координација за заедничка европска позиција во преговорите. Тереза Меј минатата недела доби зелено светло да ги почне преговорите, откако успеа да се избори со противењето од Горниот дом на Парламентот во Вестминстер. Во обраќањето до Парламентот, Меј потцрта дека сè е на масата за преговори,

БЕРЛИН: И ПО БРЕГЗИТ, ЛОНДОН ДА ЈА ЗАДРЖИ


www.kapital.mk

Капитал број 909 31.03.2017

47

АТ НА 29 МАРТ

ИЕРКА ДИНИ РОНТА

но по одредени теми би требало да се постигне брз консензус – како за правата на граѓаните на ЕУ во Велика Британија, и реципрочните права на Британците во ЕУ. По други прашања, според зборовите на премиерката, ќе биде потешко да се дојде до консензус, како, на пример, британските плаќања кон буџетот на ЕУ и учеството на државата во заедничкиот пазар на ЕУ. Во новонастанатата ситуација премиерот на Обединетото Кралство ќе треба да војува на три фронта следниве две години.

Првиот фронт, секако, е со ЕУ, и најверојатно ќе вклучува и паралелни поединечни преговори со 27-те членки на Унијата зад грбот на ЕК. Вториот фронт ќе биде во Парламентот кој треба да донесе закони како дел од Брегзит процесот, при што се очекуваат турболенции поради поделеноста во однос на специфичните елементи на преговорите за излегување. А третиот фронт, што може да се покаже најтежок за конзервативната Влада, а и за иднината на Обединетото Кралство, е новиот референдум за независност на Шкотска Првиот, секако, е со ЕУ. Овде очекувањата на аналитичарите се дека поради малата веројатност во преговорите да се постигне консензус по одредени точки, Британија ќе се обиде да преговара паралелно со 27-те членки на Унијата зад грбот на Европската комисија. Вториот фронт ќе биде во Вестминстер – Парламентот ќе треба да донесе барем седум закони како дел од Брегзит процесот. Тие се поврзани со земјделството, со трговијата и царините, со заштитата на податоците, со риболовните политики, и, се разбира, со имиграцијата. При носењето на овие законски решенија се очекуваат турболенции во Парламентот поделен во однос на специфичните елементи

на Брегзит преговорите. Последниот, третиот фронт, може да се покаже најтежок за конзервативната Влада, а и за иднината на Обединетото Кралство. Шкотскиот премиер Никола Стерџон најави иницијатива за втор референдум за независност на Шкотска што би се одржал меѓу крајот на 2018 година и пролетта 2019 – на средината на преговорите меѓу Лондон и Брисел. Меј го критикуваше Стерџон, иако очекувањата се дека ќе го уважи барањето на Единбург, но ќе се обиде да го одложи датумот на референдумот. Шкотскиот не е единствен глас за одделување од Велика Британија. Северноирците од Шин Фејн, исто така, изјавија дека сакаат

И ВОДЕЧКАТА УЛОГА ВО ОДБРАНАТА НА ЕВРОПА


www.kapital.mk

Капитал број 909 31.03.2017

48

СВЕТ БИЗНИС И ПОЛИТИКА

референдум за одделување на Северна Ирска од Обединетото Кралство. Партијата (Шин Фејн) ја нема истата тежина како шкотските националисти, и веројатноста да издејствува/предизвика референдум е помала. Но, сигурно Лондон и Даблин ќе треба да договорат специјален режим по границата на островот Ирска. Како и да е, создавањето преговарачка рамка за Брегзит ќе биде сложен дипломатски процес во кој ќе се судрат различните визии за излегувањето на Велика Британија од ЕУ на државите-членки на

Унијата. Некои, како Германија, настојуваат да има „тврд“ излез на Британија, излегување на државата од заедничкиот/единствениот пазар и плаќање на парите што Лондон ги должи за буџетот на ЕУ до крајот на преговорите. Други, како источноевропските држави, ќе бидат повеќе за преговори со Лондон, и можат да работат на „омекнување“ на преговарачката рамка.

Заедничка одбрана и по разделбата

Во исто време стана јасно дека Германија и Велика Британија ќе потпишат зделка за соработка во одбраната, во обид да се зацврсти пост-Брегзит улогата на Лондон во заедничката европска одбранбена политика, пишува Фајненшл Тајмс. Според весникот, со овој потег премиерката Меј се обидува да го потцрта ангажманот на државата во одбраната на ЕУ, и да го одоброволи Брисел пред почетокот на преговорите. Од изворите што ги цитира британскиот весник станува јасно дека Лондон работи на „заедничка визија за идната соработка“, а германското Министерство за одбрана потврдило дека ќе учествува во заеднички проекти со британските колеги. „Независно од ефектите на Брегзит, Велика Британија останува силен партнер и сојузник во НАТО, а така ќе биде и обратно, од страна на Алијансата“, изјавиле од Министерството за одбрана на Германија за ФТ. Се очекува договорот да опфати области како кибернетичка безбедност и поморски патроли. Министерот за одбрана на Велика Британија, сер Мајкл Фалон, со месеци посетува повеќе европски држави, за да ги увери сојузниците дека Лондон нема да се откаже од својата одговорна улога во заедничката европска и северноатланска одбранбена политика.

Стравот од повлекување на САД

Берлин од своја страна, пак, сè повеќе стравува за иднината на НАТО и за улогата на Алијансата во Европа, поради доаѓањето на власт на претседателот Доналд Трамп. Трамп веќе повеќе пати изјави дека секој треба да си го плаќа својот дел од сметката за НАТО. За време на средбата со германската канцеларка Ангела Меркел во Вашингтон, Трамп изјави дека Германија му должи милијарди на САД поради НАТО. „Многу држави ни должат огромни суми пари од претходните години, и тоа е многу нечесна поставеност кон САД. Овие нации треба да си ги платат долговите“, изјави американскиот претседател. Меркел, од своја страна потцрта дека Германија ќе работи во насока да ја постигне целта, 2% од БДП на државата да одат за одбрана, како што лидерите на Алијансата договорија во 2014 година. Лондон веќе ги поддржа своите намери со дејствување – минатата недела Велика Британија испрати дел од својот 5-ти пешадиски баталјон во Естонија. Првите 120 војници од баталјонот ќе создадат команден штаб на дополнителните армиски единици кои наскоро ќе бидат испратени во балтичката држава. Освен Британците, по покана на естонската Влада таму ќе пристигнат и француски и дански единици, што ќе ја засилат одбраната на источното европско крило. nnn



Капитал број 909 31.03.2017

50

www.kapital.mk

СВЕТ

SHELL, STATOIL И ENI ГЛЕДААТ „НА КАДЕ ДУВА ВЕТЕРОТ“

ГОЛЕМИТЕ НАФТЕНИ КОМПАНИИ

ГИ ЗАМЕНУВААТ НАФТЕНИТЕ ПЛАТФОРМИ

СО ВЕТЕРНИ ФАРМИ Нафтените гиганти секако имаат причини да навлезат во индустријата со обновливи извори, иако декади им поминаа во изградба на крајбрежни нафтени проекти, што е бизнис кој ослабува таму каде полињата се пресушени. Исплатливоста на ветерните фарми е предвидлива и поддржана од регулираните од државата цени на електричната енергија, и компаниите за фосилни горива сакаат да добијат парче од бизнисот со чиста енергија, откако според сè повеќе прогнози обновливите извори на енергија ќе „изедат“ дел од нивниот пазар

ENI: НЕ МОЖЕМЕ ДА ЧЕКАМЕ НЕКОЈ ДРУГ ДА ГО НАПРАВИ ОВОЈ СКОК


www.kapital.mk

Капитал број 909 31.03.2017

Г

Големите нафтени компании упатуваат предизвик кон најголемите компании за комунални услуги во натпреварот за издигнување ветерни турбини во морето, пишува Bloomberg. Royal Dutch Shell, Statoil и Eni се насочуваат кон изградба на крајбрежни ветерни фарми за неколку милијарди долари во Северното Море и на други локации. Тие почнуваат да ги победуваат и водечките енергетски снабдувачи, вклучително и Dong Energy и Vattenfall, на конкурентните тендери за договори за закуп на електрична енергија, а овие компании веќе се специјализирани во изградбата на огромни турбини во морето. Нафтените гиганти секако имаат причини да навлезат во индустријата. Тие декади по ред поминаа во изградба на крајбрежни нафтени проекти, а овој бизнис ослабува на места каде полињата се пресушени. Повратот/исплатливоста на ветерните фарми е предвидлив и поддржан од регулираните од државата цени на електричната енергија. А високо поставените менаџери во компаниите за фосилни горива сакаат да добијат парче од бизнисот со чиста енергија, откако според сè повеќе прогнози обновливите извори на енергија ќе „изедат“ дел од нивниот пазар. „Ова секако е област од интерес за нас, зашто има очигледни синергии со традиционалниот бизнис со нафта и гас“, вели вицепретседателот за енергетски решенија во италијанската Eni, Лука Косентино, чија компанија работи заедно со General Electric во секторот за обновливи извори на енергија. „Не можеме да останеме во сегашната ситуација и да чекаме некој друг да го направи овој скок“.

51

Иако производството на нафта во Северното Море се намалува во последните 15 години, економската активност е поддржана од крајбрежните ветерните фарми. Прочуените ветрови што заплашуваа поколенија работници на нафтените платформи, се претворија во благодет за новата епоха работници, ангажирани за инсталирање и одржување на турбини во морето. Вкупно околу 99 милијарди долари ќе бидат инвестирани во ветерни проекти во Северното Море од 2000 до крајот на 2017 година, посочува Bloomberg New Energy Finance. Пред една деценија индустријата очекуваше на вакви проекти да потроши многу мал дел од оваа сума. Иако суровата нафта сè уште обезбедува речиси една третина од светската енергија, извршните директори од нафтената индустрија почнуваат да се адаптираат кон барањето почисти горива. Дури, во ваквата ситуација, алтернативите за фосилните горива што се појавуваат, вклучително и ветерната и сончевата енергија, почнуваат

да го ограничуваат растот на потребите од нафта. Ов ие техноло гии и елек т ричните автомобили може да ја намалат глобалната побарувачка од нафта која ќе расте до 13 милиони барели нафта на ден до 2040 година, што е повеќе од производството на Саудиска Арабија во моментов. Shell, чиј главен извршен директор Бен ван Бурден изјави дека побарувачката за нафта може да го достигне врвот во тек на втората половина на следната декада, создаде оддел што ќе ги идентификува чистите технологии со најголем потенцијал за заработка, посочува Шанид Линч, претседател на британскиот бизнис на компанијата. Ветерните фарми се од особен интерес за Shell, зашто можат да напојуваат електролизни реакции што создаваат водород, а компанијата вели дека водородот може да се претвори во главно автомобилско гориво во следните десетлетија. Shell ги анализира новите можности


www.kapital.mk

Капитал број 909 31.03.2017

52

СВЕТ

низ Европа во однос на крајбрежните ветерни фарми, откако доби договори од холандската Влада за да ги создаде фармите Borssele III и IV во декември. Понудата на Shell била втора со најниска цена за технологијата во целиот свет, вели Линч, според кој голема предност на нафтената компанија во бизнисот со обновливи избори е нејзината експертиза во маркетингот. „Станува збор и за пласирање на енергијата“, вели Линч. „Кога го користиш ветрот, треба да ја продадеш електричната енергија, а ние имаме феноменално силен маркетинг и трговски бизнис“. Големите нафтени компании ја менуваат ветерната индустрија, така што ги намалуваат расходите, вели сениор вицепретседателот на Statoil, Стивен Бул. Ветерната фарма Dudgeon, лоцирана околу источниот брег на Англија, ќе биде за 40%

поевтина од соседната фарма изградена пред 6 години, вели Бул. Компанијата создава и крајбрежни ветерни фарми со пловечка основа, што го елиминираат високиот расход за инсталирањето на морското дно. Освен во Велика Британија, норвешката компанија (сопственик на Dudgeon) развива проекти и во Германија и во Норвешка, и доби тендер во декември за ветерна фарма крај бреговите на Њујорк. Намалувањето на расходите помогнало технологијата да почне да им конкурира на традиционалните форми на енергија, особено на атомската, посочува Bloomberg New Energy Finance. Сегашните ветерните проекти, почнувајќи со работа, доставуваат електрична енергија по околу половина од цената што ја нудат фармите изградени во 2012 година, благодарение на сè поголемите турбини и позасилената конкуренција. Расходите

може да паднат за уште 26% до 2035 година, сметаат експертите. Навлегувањето на нафтените компании во секторот обновливи извори е дел од „подолгорочна тенденција“, смета раководителот на крајбрежни ветерни фарми во Велика Британија, Ник Гардинер. Green Investment Bank забележува дека компаниите со големина на Shell и Eni имаат доволно влијание за да финансираат проекти поевтино од многу од конкурентите. „Не мислам дека го прават тоа само поради инвеститорите“, вели раководителот за ветерна енергија во шведската компанија Vattenfall, Гунар Грублер, која е еден од најголемите развивачи на ветерни фарми. „Имајќи го предвид фактот дека овие проекти се инвестиции за милијарди евра, претпоставувам дека сметките се направени прилично прецизно“, вели Грублер. nnn


РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ: 3 АПРИЛ 2017

ЕДНОДНЕВЕН ТРЕНИНГ:

„OUT OF THE BOX“ РАЗМИСЛУВАЊЕ – КРЕАТИВНОСТ И ИНОВАТИВНОСТ КАКО ПРЕДУСЛОВ ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА КОНКУРЕНТНОСТ НА КОМПАНИИТЕ ОБУКА НАМЕНЕТА ЗА СРЕДЕН И ВИСОК МЕНАЏМЕНТ l 5 април 2017 година l 10:00-16:00 часот Институт КОНЦЕПТ, Скопје Овој практичен тренинг ќе им претстави на менаџерите и специјалистите голем број на едноставни техники на креативно размислување, што можат да ги користат за генерирање идеи, решавање на проблемите на работа и сл. Примери од секојдневното работење ќе бидат дел од обуката, со цел да ги поттикнат учесниците и да им дадат потенцијални идеи коишто ќе можат да бидат имплементирани во нивното работење. Тренингот за креативност и иновации е дизајниран за да им помогне на поединците кои сакаат да ја зголемат својата способност за креативно размислување и како резултат на тоа лесно генерираат нови идеи. Тренингот се базира на вежби, дискусии, интеракција,

играње на улоги и примери и ситуации од секојдневното окружување. На крајот од тренингот, учесниците ќе имаат разбирање за природната креативност на одредени луѓе, но и начините на коишто може да се развијат креативните вештини. Ќе добијат информација за користење на методи, техники и алатки за креативно размислување, генерирање идеи и решавање на проблеми.

ПРЕДАВАЧ:

ЗОРАН ВИТАНОВ Со-сопственик на ТРЕЈД КОНСАЛТИНГ, претседател на Асоцијацијата на Менаџери на Македонија, Интернационален ЦЕФЕ тренер, Мотиватор.

За повеќе информации посетете ја нашата веб страна: www.koncept.com.mk

КОНТАКТ: м-р Ленче Зикова и м-р Ирена Богоевска l e-mail: institut@koncept.com.mk l 02 3128 526 l 070 272 207


www.kapital.mk

Капитал број 909 31.03.2017

54

ЛУЃЕ И КОМПАНИИ

УПРАВУВАЊЕ СО ЛИКВИДНОСТА И CASH GAP

П

роблемите на најголемата хрватска и регионална компанија Агрокор за кои што имавме цела тема во минатиот број на Капитал, според тамошните аналитичари во голем дел се заради недоволно квалитетниот финансиски менаџмент воден од концернот последниве години. Агрокор има проблеми со ликвидноста, односно, со способноста да ги менаџира своите побарувања и обврски во моментов, и сега судбината ќе му ја решаваат неколку банки што се најголеми кредитори на компанијата. Ова што се случува со Агрокор, уште еднаш само потврдува дека во денешното динамично опкружување, менаџментот повеќе од кога било мора да внимава на ликвидноста која го осигурува идното работење на компанијата. Сe помалку има на располагање готовина, а задача на секој успешен менаџер е да знае да управува со средствата на вистински начин. Кои алатки треба да се користат и на кој начин тие влијаат на зголемување на профитабилноста на компанијата? Едноставно применливиот модел cash gap им помага на менаџерите да утврдат како нивните постапки влијаат на готовинскиот тек на компанијата. Cash gap претставува број на денови меѓу плаќањето на добавувачите за купените производи или услуги и потребниот број денови тие да се продадат и наплатат од нашите купувачи. Cash gap може да се унапреди на следниве начини: XX со зголемување на периодот на плаќање на добавувачите

Xсо X намалување на деновите на наплата од купувачите Xсо X намалување на деновите на врзување на производите на залиха Cash gap = број на денови на врзување на производите на залиха + денови на врзување на купувачите – денови на врзување на добавувачите. Cash gap го покажува бројот на денови кога плаќањето на добавувачите не може да биде финансирано од редовното работење на компанијата, туку од други извори.

Cash gap директно влијае на приходот на компанијата

Користењето туѓ капитал вклучува дополнителни трошоци за камата. Меѓутоа, и сопствениот капитал има своја цена, односно опортунитетен трошок или друга корист која би можеле да ја оствариме доколку не би морале да ги вложиме парите во покривање на cash gap.

Применливиот модел cash gap им помага на менаџерите да утврдат како нивните постапки влијаат на готовинскиот тек на компанијата. На пример, промената на бројот на денови на врзување на производите на залиха директно влијае на cash gap и на големината на добивката на компанијата. Во следниот пример евидентно е дека cash gap на компанијата е 80 дена. Cash gap директно влијае на приходот на компанијата. Доколку просечните обврски на компанијата се околу 36.500.000 денари, а цената на капиталот е 10% на годишно ниво, трошокот на капиталот ќе го добиеме на следниот начин: X36.500.000/365 X х 80 = 8.000.000 денари. Тоа е износ кој не можеме да им го исплатиме навремено на добавувачите X8.000.000 X х 10% = 800.000 денари е трошокот за капиталот и намалување на добивката на компанијата

Доколку го намалиме времето на врзување на залихите на 20 дена под претпоставка сите параметри да останат исти трошокот за капитал ќе биде следниот: XCash X gap се намалува за 20 дена и сега изнесува само 60 дена. Намалувањето на cash gap за 20 дена резултира со намалување на трошоците за капитал за 200.000 денари, односно сега изнесува 600.000 денари. Сево ова ни покажува дека добивката на компанијата ќе се зголеми за 200.000 денари. Сево ова ни покажува колку е важно следењето на cash gap за профитабилноста на компанијата. nnn

ПРАВИЛО: СЛЕДЕЊЕТО НА CASH GAP E ВАЖНО ЗА ПРОФИТАБИЛНОСТА



www.kapital.mk

Капитал број 909 31.03.2017

56

ЛУЃЕ И КОМПАНИИ

РЕКОА ЗА... СТАРТАПИ

З

боров стартап во последно е многу популарен. Како и да се дефинира, почнувањето на нов бизнис е секогаш ризичен потег. Она што е клучно кај стартапите е дека мора да таргетира

Секој стартап треба да се однесува на некоја вистинска потреба или проблем кои веќе постојат во светот. Ако направите решение на некој проблем кој многу луѓе го имаат, тогаш е многу лесно вашиот производ да го продадете секаде во светот.

или нуди решение за некоја потреба или проблем кој веќе постои. Тоа е тоа што го гарантира успехот. Еве што е клучно за успешен стартап според неколку претприемачи кои веќе развиле и управуваат со стартап бизниси.

Најголемиот ризик е да не преземаш никаков ризик... Во свет кој се менува многу брзо, единствената стратегијата која ви гарантра неуспех е воопшто да не преземате ризик.

КЕВИН СИСТРОМ Instagram

МАРК ЗАКЕРБЕРГ Facebook

Да се раководи стартап е како јадење на стакло. Само што почнува да ви се допаѓа вкусот на вашата сопствена крв.

Ако Google може да не научи нешто, тоа е дека малите идеи можат да станат навистина големи.

БЕН СИЛБЕРМАН Pinterest

ШОН ПАРКЕР Napster

Има многу богати луѓе во светот. Има многу малку луѓе кои имаат привилегија да иновираат работи кои милијарди луѓе ги користат.

Ако не правите грешки, тоа значи дека не носите никакви одлуки.

КЕТРИН КУК MyYearbook

ДЕЈВИД КАРП Tumblr



www.kapital.mk

Капитал број 909 31.03.2017

58

ЛИДЕРИ

ЧЕД ХАРЛИ КО-ОСНОВАЧ И ПОРАНЕШЕН ДИРЕКТОР НА YOUTUBE

YOUTUBE E МНОГУ ПОВЕЌЕ ОД МЕСТО ЗА ЗАБАВА Трчањето ми помогна да научам како да се справам со неуспехот. А неуспехот е голем дел од бизнисот со Интернет.

YouTube е смислен со цел да стане многу повеќе отколку само дестинација за забава.

YouTube овозможува уникатна можност за сите музичари на пазарот да ја промовираат музиката и да имаат директен контакт со нивните обожаватели.

Огласувачите сега имаат високо таргетирана можност да ги поврзат брендовите со чувството на забава во кое луѓето уживаат на YouTube.

Да се успее во интернет бизнисот е многу едноставно. Правите сајт, гледате што функционира и продолжувате да го правите тоа подобро.

Во интернет светот, посебно во Силиконската долина, секој е подготвен цело време, бидејќи пресвртите се случуваат многу брзо.

Видеото е најинтересен начин за да се сподели идеја со другите.

Пристапете им на вашите бизнис партнери со концепт кој можат да го разберат и обидете се да одговорите на нивните потреби.

Лансирајте производ или услуга уште пред да имате финансии. Видете како луѓето реагираат на нив уште пред да направите PowerPoint или бизнис план. Креирајте нешто што луѓето можат да го користат и почнете токму од таму.

Ч

ад Харли е најпознат во јавноста како коосновач и поранешен извршен директор на веб страницата за видеа YouTube.com. Харли заедно со неговите двајца партнери го основале сервисот YouTube. com во 2005 година и за многу брзо време тој стана еден од најбрзо растечките веб страници и за само една година беше рангиран меѓу 10-те најпопуларни сајтови. Една година по основањето, Харли и неговите партнери го продадоа YouTube на Google за 1,65 милијарди долари.




Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.