910 kapital magazin

Page 1

EXCLUSIVE КОМПАНИЈАТА ШТО РАБОТЕШЕ НА КАМПАЊАТА НА ТРАМП, ПРЕКУ МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ВО РЕГИОНОТ!

INTERVIEW: МИМОЗА ГОДАНЦИ – АЛИУ член на Управниот одбор на ПроКредит Банка

ПРОКРЕДИТ БАНКА ПРЕКУ ЕЛЕКТРОНСКИ УСЛУГИ, БАНКАТА Е ТАМУ КАДЕ ШТО СЕ КЛИЕНТИТЕ

Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

WWW.KAPITAL.MK

ОД 2008 ДО 2015 ГОДИНА ВО ЗЕМЈОДЕЛИЕТО “ИСТУРЕНИ” МИЛИОНИ ЕВРА СУБВЕНЦИИ

623

INTERVIEW проф. д-р.

МИЛАН ЈАЗБЕЦ

амбасадор на Словенија во Македонија

ЗЕМЈОДЕЛСКОТО ПРОИЗВОДСТВО ПАЃА, УВОЗОТ НА ХРАНА ДВОЈНО ЗГОЛЕМЕН

СЛОВЕНИЈА ОСТАНУВА ГОЛЕМ ПРИЈАТЕЛ И ПОДДРЖУВАЧ НА МАКЕДОНИЈА

ИЗВОР: Народна банка на РМ

УВОЗ НА ПРОИЗВОДИ ЗА ХРАНА И ТУТУН (МИЛИОНИ ЕВРА) 436,3

41,1

505,0

439,8

56,8

63,0

2009

2010

2011

БРОЈ 910 | ЦЕНА 100 ДЕН. 7 АПРИЛ 2017 | ПЕТОК | ГОДИНА 18

541,8

543,8

592,8 2016

ЗЕМЈОДЕЛСКИ СУБВЕНЦИИ (ПРОГРАМА ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО) (МИЛИОНИ ЕВРА)

70,2

INTERVIEW

2008

414,2

558,4

579,4

86,1

2012

91,7

2013

107,2

107,0

2014

2015

ИЗВОР: Завршни сметки на буџетот, Министерство за финансии

БРАНКО АЗЕСКИ

претседател на Стопанска комора на Македонија

ПОТРЕБНИ СЕ ДИРЕКТНИ СТИМУЛАЦИИ НА ДОМАШНИТЕ КОМПАНИИ ЗА ИЗВОЗ И РЕИНДУСТРИЈАЛИЗАЦИЈА

КАКО ЕДЕН ГРАД ДА СТАНЕ ПАМЕТЕН?



3

Капитал број 910 07.04.2017

СОДРЖИНА

04 04

ВО ФОКУС

20

ЛУЃЕ И КОМПАНИИ

06

НАВИГАТОР

26

INTERVIEW

08 14

Се засилува меѓународниот притисок врз Македонија Се блокираат сметки на големите добавувачи на Агрокор

COVER STORY

Од 2008 до 2015 година “истурени” 623 милиони евра земјоделски субвенции

INTERVIEW Проф. д-р МИЛАН ЈАЗБЕЦ

амбасадор на Словенија во Македонија

Словенија останува голем пријател и поддржувач на Македонија

36

20

32

Како се движеле странските инвестиции во 2016 БРАНКО АЗЕСКИ

претседател на Стопанска комора на Македонија

Потребни се директни стимулации на домашните компании за извоз и реиндустријализација

INTERVIEW МИМОЗА ГОДАНЦИ – АЛИУ член на Управниот одбор на ПроКредит Банка

ПроКредит Банка преку електронски услуги, банката е таму каде што се клиентите

36

БИЗНИС И ПОЛИТИКА

42

УРБАНО ЖИВЕЕЊЕ

48

ЛУЃЕ И КОМПАНИИ

50

ЛИДЕРИ

Светски познатата компанија за стратегиска комуникација SCL Group отвора канцеларија во Скопје Предизвиците на случајот „многу луѓе во мали, концентрирани пространства“ Како еден град станува паметен? Рекоа за... успехот, неуспехот и грешките КАТЕРИНА ФЕЈК

претприемач и ангел инвеститор

Се е во луѓето

СУБВЕНЦИОНИРАН ПАД

АЗЕСКИ

ТРАМП, SCL, СКОПЈЕ...

Од 2008 до 2015 година, вкупно за субвенции во земјоделството биле предвидени вкупно 750 милиони евра, но се исплатиле 623 милиони евра, покажуваат податоците од завршните сметки на буџетите. Но, иако субвенциите од државата во земјоделството се зголемени речиси три пати во последните десет години, податоците за земјоделското производство и увозот на храна покажуваат дека оваа аграрна политика на државата не ги даде очекуваните резултати. Статистиката бележи намалување на производството кај најголем дел од земјоделските култури, а увозот на храна за десет години е зголемен двојно.

“Треба да се обезбеди еднаков третман на домашните со странските инвеститори во делот на поддршка на извозни програми, за што треба да се изгради соодветна системска регулатива. Значи, да заклучам ние сме Македонија да продолжи со политиката на привлекување на странските директи инвестиции, но истовре-мено да се поддржат домашните компании преку директни стимулации на извозот и реиндустријализацијата и да изградиме една стабилна државна развојна банка којa ќе биде вистинска поддршка на развојните политики“, вели претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески во интервјуто за Капитал.

Еден од главните „осомничени“ за успехот на кампањата на Трамп е Cambridge Analytica, британската компанија за стратегиски комуникации. Дефиницијата што тие ја користат за себе е „behavior change agency“, односно агенција за менување на однесувањето. Компанијата под брендот Cambridge Analytica работи на американскиот пазар, а на меѓународниот е позната под името SCL (Strategic Communication Laboratories). И, во екот на растечкиот публицитет на SCL, што очекувано уследи по американските избори, оваа групација одлучи да се прошири и на Балканот – и тоа со епицентар токму во Скопје.

XX Стр.8

XX Стр. 26

XX Стр. 36

Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје l Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31 l П. ФАХ 503, 1000 Скопје l Директор и одговорен уредник: Љупчо Зиков l Печати: Графички центар Скопје, ул. Скупи бб, 1000 Скопје l Тираж: 3.000 примероци l Датум на печатење: 06.04.2017


Капитал број 908 24.03.2017

www.kapital.mk

ВО4ФОКУС

СЕ ЗАСИЛУВА МЕЃУНАРОДНИОТ ПРИТИСОК ВРЗ МАКЕДОНИЈА Додека одредени медиуми што во јавноста се сметаат за блиски на ВМРОДПМНЕ по посетата на претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, побрзаа да заклучат дека „омекнуваат пораките од Брисел“, рафалот од меѓународни пораки што уследи потоа покажа колку поинаку треба да се толкува она што Туск го кажа во Скопје

СТОЛТЕНБЕРГ: ПОЛИТИЧКИТЕ ЛИДЕРИ ВО КРАТО


www.kapital.mk

Капитал број 910 07.04.2017

5

Н

Не мораше аналитичарите да ни кажат дека акцентот во изјавата на претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, дадена по средбата до претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов, е на пораката дека „само кога ќе најдеме решение за политичката криза засновано на демократските начела, на чувството за пристојност и на здравиот разум, можеме да сметаме на поддршка од Европската унија“. Значи, додека не најдеме решение според наведените критериуми, веќе ја немаме поддршката од ЕУ, а очекувањата на аналитичарите се дека ако и после ова не покажат соодветен сензибилитет повиканите во пораката, ќе следат санкции. Хронолошки, прв по Туск со порака за деблокирање на демократските процеси, односно за избор на нова влада, во името на САД излезе амбасадорот Џес Бејли. „Беше декларирано собраниско мнозинство и мислиме дека не е во согласност со демократските принципи и со Уставот да не се дозволи да продолжи процесот на формирање на владата“, изјави Бејли. Амбасадорот во името на САД уште еднаш го повика и претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов, „да го придвижи процесот“, исто како и Собранието, кое, како што рече Бејли, „важно е да дозволи процесот да се придвижи напред, а јасно е дека тука прв чекор треба да биде избор на спикер на Собранието од новиот состав“. По пораката на Бејли дојде писмото од генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во кое тој му одговара на Иванов (претседателот пред еден месец испрати писмо во врска со случувањата во Македонија до генсекот на НАТО, до Туск, до Трамп и до Ердоган). „Од Вас, претседателе, и од останатите политички лидери очекувам да го почитувате Уставот и демократските норми. Ги повикувам и партиите да се воздржат од реторика која сугерира поделби и разгорува етнички тензии“, му напишал Столтенберг на Иванов. Во писмото, генералниот секретар на НАТО, во услови на засилена реторика во земјава против меѓународните претставници, му го објаснува на Иванов и очигледното, дека реагира во однос на држава која сака да влезе во НАТО, и оти, секако, „Алијансата има интерес да ги почитува политичките вредности и

Јенс Столтенберг

Џес Бејли

принципи на кои почива истата“. „Изборите од 11 декември биле есенцијален чекор кон решавање на кризата. НАТО не се инволвира во внатрешните процеси во Македонија, ниту зазема страна. Но, имаме интерес да ги почитуваме политичките вредности и принципи на кои почива Алијансата. Политичките лидери во Скопје се одговорни да го почитуваат исходот од демократските процеси и во краток рок да придонесат кон формирање на функционална и ефективна влада која ќе продолжи со итните реформи“, пишува Столтенберг. Истиот ден кога беше објавено ова писмо, стигна пораката и од тројцата членови на Европскиот парламент, Едвард Кукан, Кнут Флекенштајн и Иво Вајгл, испратена пред расправата за извештаите на напредокот на Македонија. Тројцата европратеници, не оставаат никаков простор за оправдување на ова што се случува во македонското Собрание, за колку што може подолго да се оневозможи изборот на претседател на

Ако некому Туск не беше јасен, го дообјаснија Столтенберг, европратениците и Бејли Парламентот, односно на новата влада. „Не гледаме никаков изговор за тактиките на одложување што се користат во македонското Собрание, со што се попречува изборот на нов претседател на Парламентот и формирањето влада“, се вели во заедничката изјава на Кукан, Флекенштајн и Вајгл. „Како европратеници, ги поддржуваме сите напори за да се надмине актуелната криза. Направивме големи напори за поддршка на европската перспектива на македонскиот народ и со длабока загриженост го следиме продолжувањето на кризата со зголемени последици за земјата, вклучувајќи го и влошувањето на меѓуетничките односи“, порачаа тројцата европратеници по средбата со македонскиот министер за надворешни работи, Никола Попоски. Сепак, на крајот, тие изјавија дека „цврсто веруваат дека ситуацијата во земјата ќе се подобри со обезбедување на демократски однесувања, и како резултат на тоа, ставање крај на политичката криза“. nnn

ОК РОК ДА ПРИДОНЕСАТ ЗА ФОРМИРАЊЕ ВЛАДА


www.kapital.mk

Капитал број 910 07.04.2017

6

НАВИГАТОР ИЗЈАВА НА НЕДЕЛАТА

> БРОЈКА

ВИП СО НОВИ СЕМЕЈНИ ПАКЕТИ ВО МО Вистинскиот одговор на брегзитот од страна на ЕУ е интензивирање на разговорите за проширување со Западен Балкан.

7,7%

е намален извозот на земјоделски производи во првите два месеци годинава споредба со истиот период лани

ФРАНЦ БОГОВИЧ

европратеник

В

ип објави понуда на четири нови постпејд тарифни модели прилагодени кон комуникациските потреби на секој член од семејството. Новото Vip Family тарифно портфолио нуди можност корисниците да уживаат во долги разговори, интернет со 4G брзина и тоа со намалена месечна претплата, засекогаш. VipFamily се состои од четири тарифни модели и тоа: VipFamily Hype, Vip Family Hero, Vip Family Hero+ и Vip Family Senior. Сите оние кои сакаат да се постојано онлајн со 4G брзина можат да го изберат супер атрактивниот Vip Family Hype тарифен модел, а со избор на Vip Family Hero или Vip Family Hero+ корисниците добиваат неограничени разговори и СМС

ДРАМАТА ОКОЛУ ХРВАТСКИОТ КОНЦЕРН ПРОДОЛЖУВА

СЕ БЛОКИРААТ СМЕТКИ ГОЛЕМИТЕ ДОБАВУВАЧ

Д

Додека ги пишувавме овие редови (05.04, околу пладне) во хрватскиот парламент се водеше жестока дебата околу владината иницијатива за носење по итна постапка на законот, т.н. Lex Agrokor, регулатива за принудна управа во трговски друштва од системско значење за Хрватска. Законот би се однесувал на компании со повеќе од 5.000 вработени и обврски поголеми од една милијарди евра. Повод за предлагање на носење ваков закон по итна постапка е, секако, тешката финансиска криза во која што се најде најголемата хрватска, но и регионална компанија, концернот Агрокор. Пратениците од владејачката ХДЗ предводени од хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ се залагаат за донесување на овој закон, со цел, како што велат, не да се заштити Ивица Тодориќ и неговиот Агрокор, туку интересите на домашниот финансиски систем, економијата, акционерите, добавувачите, вработените и сите останати засегнати страни во целата оваа ситуација. Опозицијата пак ја обвинува ХДЗ дека е партијата

До моментот на затворање на овој текст, хрватскиот парламент расправаше за активирање на специјалниот закон за принудна управа во Агрокор, новопоставениот директор за реструктуирање Алварез рече дека не може да гарантира успех во обидот да ја спасува компанијата, а сметките на неколку големи добавувачи на концернот беа блокирани од страна на доверителите.


www.kapital.mk

Капитал број 910 07.04.2017

7

ОБИЛНАТА ПОСТПЕЈД ТЕЛЕФОНИЈА

пораки кон сите национални мрежи како и 4G интернет. “Нашeто Vip Family портфолио е совршен избор за корисницитена мобилната телефонија и уверен сум дека во богатиот избор на тарифни моделисекој член од семејството ќе го пронајде совршениот пакет што ќе одговара дури и на оние со најспецифични комуникациски потреби. Специјално креираните Family пакети, наменети за секој член на семејството ги сметаме за наша огромна предност дотолку повеќе што на корисниците освен висококвалитени и неограничени услуги во мобилната телефонија им нудиме најконкурентна цена што секако ќе значи и заштеда во семејниот буџет”, изјави Димитар Ковачевски, Извршен директор на Вип.

мисла на неделата Ризикувај повеќе отколку што другите мислат дека е безбедно. Сонувај повеќе отколку што другите сметаат дека е практично.

Хауард Шулц

извршен директор на Starbucks

> БРОЈКА

10,5%

e зголемен извозот во земјите од Западен Балкан во првите два месеци годинава

лидери

КИ НА АЧИ НА АГРОКОР која што повеќе од 25 години активно ги поддржува и ги штити сите деловни потези и интереси на Агрокор, и заради тоа има вина и одговорност за кризата во која што се најде компанијата. А, кризата е навистина драматична според она што се случува во и околу концернот деновиве: прво, Агрокор потпиша т.н. standstill аранжман со шест хрватски и странски банки, најголеми доверители на компанијата. Со овој договор ќе се замрзнат постоечките кредити, ќе се обезбедат нови, но ќе се постави и нова управа во концернот. Со тоа треба да се олесни работењето на компаниите во рамки на Агрокор, деблокирање на нивните сметки и исплата на доспеаните обврски во следниот период. Со овој аранжман не се задоволни дел од добавувачите, затоа што предвидува во првата фаза предност да има наплатата на регресните задолжници и меници во сопственост на факторинг друштва, а не “обичните“ задолжници и меници што добавувачите ги имаат на испорачаната стока. Потоа, од страна на најголемите доверители беше донесен експертот за реструктурирање на бизниси, Антонио Алварез Трети, сопственик на консултантската компанија “Alvarez & Marsal”, кој што со својот тим треба да направи план за излез на Агрокор од кризата и негова консолидација. Прво што изјави тој пред хрватската јавност беше дека “состојбата е крајно сериозна, еден од најтешките предизвици со кој што се соочил во неговата кариера и дека не постојат гаранции оти ќе успеат во реструктурирањето“.

СУНДАР ПИЧАИ

Android за првпат го надмина Windows и стана најкористен оперативен систем

Новотни: Ова не е криза само на Агрокор

Во средата утрото пак, беа блокирани сметките на некои од најголемите добавувачи на Агрокор, како Франк, Агрофруктус, АВТ и др., потоа дел од нив беа деблокирани. Објаснувањето беше дека налози за блокирање на сметките доаѓале од помалите банки кои што с$ уште не го потпишале претходно споменатиот standstill аранжман. “Ако е точна веста дека утрово е блокирана сметката на Франк, тоа е за мене големо изненадување затоа што се работи за многу солидна компанија што очигледно имала преголема изложеност кон Агрокор, пред сè кон Конзум како трговска мрежа. На овој начин неликвидноста на Конзум се прелева и на неговите добавувачи што во моментов немаат алтернатива“, изјави за загрепски Вечерњи лист, еден од најугледните економски аналитичари во Хрватска, Дамир Новотни. Новотни смета дека треба да се направи реструктурирање во рамки на законот, оној што е актуелен и што регулира претстечајни спогодби помеѓу добавувачите, Агрокор, односно сите поврзани страни со банките. Тоа би било според него најсреќното решение. “Ова не е криза само на Агрокор, туку стратешка криза која се прелева на целата хрватска, но и регионална економија. Добавувачите ќе мора да се свртат кон други дистрибутивни канали, исто и малите фармери што го снабдуваа концернот со стока, кои што не може да чекаат оваа криза година или две да се расплеткува.“, смета Новотни. nnn

ТИМ БАРНЕРС-ЛИ

„таткото“ на Интернетот ја доби наградата Адам Туринг - најголемо признание за придонес во информатиката

не им беше неделата

КРИСТИНА ФЕРНАНДЕЗ ДЕ КИРХНЕР

поранешната претседателка на Аргентина и формално е обвинета за перење пари, корупција и местење тендери

ЕДИ РАМА

и коалицискиот партнер Илир Мета го нападна албанскиот премиер за ставот дека избори ќе има и без опозиција


8 COVER STORY Капитал број 910 07.04.2017

COVER STORY

ОД 200 623 МИ www.kapital.mk

РЕЗУЛТАТ:

ЗЕМЈОДЕЛСКОТО ПРОИЗВОДСТВО ПА УВОЗОТ НА ХРАНА ДВОЈНО ЗГОЛЕМЕН Од 2008 до 2015 година, вкупно за субвенции во земјоделството биле предвидени вкупно 750 милиони евра, но се исплатиле 623 милиони евра, покажуваат податоците од завршните сметки на буџетите. Анализата покажува дека во последните неколку

КРУШИ

7.207t.

годишна промена

-20,1%

години, никогаш парите наменети за субвенции на земјоделството не биле исплатени во целост. Исплатата најмногу потфрлила во 2011 година, кога уделот на реализација е само 62%, односно од планирани 101,7 милиони евра, исплатени биле 63 милиони


08 ДО 2015 ГОДИНА “ИСТУРЕНИ” 9 ИЛИОНИ ЕВРА ЗЕМЈОДЕЛСКИ СУБВЕНЦИИ www.kapital.mk

Капитал број 910 07.04.2017

ПРОИЗВОДСТВО НА ОДДЕЛНИ ПОСЕВИ И ОВОШЈЕ ВО 2016

СОНЧОГЛЕД

ЈАБОЛКА

КРАСТАВИЦИ

ОРИЗ

годишна промена

годишна промена

годишна промена

годишна промена

6.266 t. 101.088 t. 53.265 t. 24.792 t. -18,2%

-20,3%

592,8

АЃА,

Н

-26,2%

-26,3%

УВОЗ НА ПРОИЗВОДИ ЗА ХРАНА И ТУТУН (МИЛИОНИ ЕВРА)

436,3

41,1

2008

414,2

-6,6%

541,8

543,8

579,4

ЗЕМЈОДЕЛСКИ СУБВЕНЦИИ (ПРОГРАМА ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО) (МИЛИОНИ ЕВРА)

56,8

70,2

63,0

2009

2010

2011

161.951t. годишна промена

505,0

439,8

евра. Но иако субвенциите од државата во земјоделството се зголемени речиси три пати во последните десет години, податоците за земјоделското производство и увозот на храна покажуваат дека оваа аграрна

ДОМАТИ

558,4

86,1

91,7

2012

2013

107,2

107,0

2014

2015

политика на државата не ги даде очекуваните резултати. Статистиката бележи намалување на производството кај најголем дел од земјоделските култури, а увозот на храна за десет години е зголемен двојно.

2016


www.kapital.mk

Капитал број 910 07.04.2017

10

COVER STORY

пишува:

Александар Јанев

aleksandar.janev@kapital.mk

С

Субвенциите од државата во земјоделството се зголемени речиси три пати во последните десет години. Ако во 2008 година, за субвенции преку програмата за финансиска поддршка на земјоделството (без субвенциите за рурален развој) биле планирани 41 милиони евра, во буџетот за годинава, властите предвидоа исплата на 107,4 милиони евра за оваа намена. Меѓутоа, податоците од завршните сметки на буџетите покажуваат дека речиси никогаш парите наменети за субвенции на земјоделството не биле исплатени во целост. Исплатата најмногу потфрлила во 2011 година, кога уделот на реализација е само 62%, односно од планирани 101,7 милиони евра, исплатени биле 63 милиони евра. Најголема исплатена сума на земјоделски субвенции, е исплатена во 2014 и 2015 годна, по 107 милиони евра. Од 2008 до 2015 година, пак вкупно (бидејќи завршната сметка на буџетот за лани се уште не е усвоена), за субвенции во земјоделството биле предвидени вкупно 750 милиони евра, но се исплатиле 623 милиони евра. Анализата на податоците за земјоделското производство и увозот на храна покажуваат дека оваа аграрна политика на државата не ги даде очекуваните резултати. Државниот завод за статистика пред неколку дена објави дека лани е евидентирано намалување на производството кај најголем дел од земјоделските култури. На пример, производството на јаболка се намалило за дури 26,2% на годишно ниво, за исто толку е намалено и производството на сончоглед. Земјоделците лани произвеле 20,3% помала количина на краставици, 20,1% помалку круши, 18,8% помалку сливи, 6,6% е намалено производството на домати. Зголемување на производството има само кај неколку култури, и тоа тутунот, компирот, крмната пченка и праските. Од добиточното производство, минатата година е забележано поголемо производство на млеко, меѓутоа се намалило производството на јајца и на сите видови месо, освен свинско. Во исто време, намаленото производство на храна во земјава се надоместува се повеќе со увоз. Најновите податоци на Народната банка, покажуваат дека само лани, увозот на храна и тутун, во кој што се вклучени живи животни, месо и преработки од месо, млечни производи и јајца, жита, овошје, зеленчук, достигна 592,8 милиони евра, што е двојно повеќе споредено со 2006 година. Дел од земјоделците и агро - експертите сметаат дека субвенциите не ги дале очекуваните резултати поради нивна погрешна распределба, недоволна едукација на земјоделците и слаба реализација на планираните суми, но и партиска распределба на субвенциите. Професорот Јован Аждерски од Катедрата за агроекономика при Факултетот за земјоделски науки и храна вели дека ефектот од земјоделските субвенции е многу мал и поради тоа според него, мора да се променат неколку работи во моделот на субвенционирање. „Намалувањето на земјоделското производство кај повеќе култури и значителното зголемување на увозот на храна се индикатори што покажуваат дека нешто во моделот на субвенционирање не штима. Прво, сметам дека намената на парите од субвенциите е погрешна, односно тие пари малку се вложуваат во модернизирање на земјоделското производство со што тоа ќе стане поконкурентно, туку најчесто се користат за социјални потреби. Освен тоа, земјоделците не ги добиваат субвенциите во сезоните кога им требаат, што е многу важно. Мора да се направи анализа кои се носечките земјоделски гранки и тие најмногу да се субвенционираат, особено онаа храна што најмногу се увезува“, вели професорот Аждерски, и додава дека за да се мотивираат земјоделците да остваруваат подобри приноси, субвенциите треба да се делат врз основа на произведена количина а не по засадена површина.

Земјоделска површина (ха) Засеана површина (ха)

2015

2016

1.264.408

1.267.134

276.567

280.847

Производство на одделни посеви t.

Годишна

2016

промена

Ориз

24.792

-18,2%

Тутун

25.443

5%

Сончоглед

6.266

-26,3%

Компир

198.529

4,3%

Домати

161.951

-6,6%

Пиперки

181.852

-4%

53.265

-20,3%

Краставици Луцерка

111.731

0,5%

Крмна пченка

193.708

61,4%

Производство на видови овошје во t.

Годишна

2016

промена

Цреши

5.574

-10,8%

Вишни

8.072

-4,8%

Јаболка

101.088

-26,2%

Круши

7.207

-20,1%

Сливи

33.684

-18,8%

Праски

12.108

0,9%

Ореви

5.147

-11,1%

Извор: Државен завод за статистика

Околу дефектот на моделот на субвенции неодамна се изјасни и академик Абдулменаф Беџети кој што го илустрираше тоа со примерот на млекото. “Даваме над сто милиони евра годишно субвенции, а увезуваме млеко што е поевтино од домашното. Се дава субвенција на површина, на број на грла добиток, а не на учинок. Само ние даваме субвенции на нешто што е инпут во земјоделско производство, а не на самото производство. Тоа е апсурд“, рече Беџети. Деканот на Земјоделскиот факултет, Драги Димитриевски, пак, вели дека ефектите од земјоделските субвенции треба да се анализираат од повеќе аспекти. Според него, субвенционирањето сепак дало резултат во одредени земјоделски култури каде што имало негативна тенденција на намалување на засеаните површини па дури и до спречување на целосно напуштање на некои култури. „Политиката на субвенционирање на земјоделството даде повеќе резултати иако можеби делумно овие потрошени пари имаа и социјален импакт. Сепак, се запреа негативните трендови во повеќе земјоделски култури, како на пример во лозовите насади кои што се намалуваа, или пак во производството на тутун кое што веројатно ќе запреше целосно доколку не беше субвенционирано“, вели професорот Димитриевски. Според него, ефектите допрва ќе се зголемуваат откако и со новата Национална стратегија за земјоделство и рурален развој е превидено третина од буџетската поддршка за земјоделството да биде наменета за рурален развој. Тој вели дека моделот на субвенционирање врз основа на засадени површини не треба да се замени со субвенции по произведени количини бидејќи тоа ќе создадело ценовни дисторзии на пазарот.


www.kapital.mk

Капитал број 910 07.04.2017

11 Земјоделците сметаат дека субвенциите се добредојдени за развојот на земјоделството, но причината за лошите ефекти ја лоцираат во пласманот и во откупните цени. Властите зголемувањето на увозот, пак, го објаснија со зголемените потреби на граѓаните, недоволното производство на дел од прехранбените производи, но и климатските услови во земјава кои не се погодни за производство на одредени производи.

Земјоделските субвенции во партиските програми

Двете најголеми политички партии во земјава, ВМРО – ДПМНЕ и СДСМ во своите последни изборни програми предвидоа прилично големи суми за субвенционирање на земјоделството во следните четири години. Во програмата на ВМРО – ДПМНЕ пишуваше дека во целиот мандат субвенциите за земјоделството ќе изнесуваат вкупно 600 милиони евра, додека пак СДСМ за оваа намена вети по 160 милиони евра годишно, што е 640 милиони евра за четири годишен мандат. Меѓутоа, она што повеќе ги разликува двете партии, е моделот на субвенционирање. Од СДСМ велат дека во земјоделството, партијата предвидува насочување на земјоделските субвенции кон вистинските

земјоделци и промена на моделот на субвенционирање. „Во периодот од 2007-2015 година од предвидени над 800 милиони евра за субвенционирање на земјоделството и руралниот развој, исплатени се само 60-70%. Овој факт е појдовна точка за поправање на состојбите во земјоделските политики“, истакнаа од СДСМ. Пратеникот на СДСМ, Љупчо Николовски, кој што беше дополнителен заменик министер за земјоделство во преодната влада, во интервју за Капитал објасни дека моделот на доделување на субвенциите е суштинската промена која е неопходна за да може земјоделството да има вистински развој бидејќи Македонија е аграрна земја, а сепак резултатите се поразителни, поради „погрешните и криминални политики во целиот сектор“. „Исплатата на субвенциите ќе биде редовна, целосна и неселективна. Ова е појдовна точка за поправање на состојбите во овој дел од земјоделските политики. Промената започнува оттаму што ќе ја зголемуваме сумата наменета за субвенции, и која ќе изнесува 160 милиони евра годишно. И сите пари ќе се исплаќаат во целост, а не како досега кога се исплаќаа само 60% до 70% од она што беше планирано. Но, уште поважно е што субвенциите ќе завршуваат

кај вистинските земјоделци, односно нема да се делат по партиски клуч. И, трето и подеднакво важно е земјоделците ќе ги добиваат субвенциите во време кога им се најпотребни, односно кога имаат најголеми вложувања во процесот“, изјави Николовски. Тој вели дека во поглед на оцената за постапката за доделување на субвенциите што ја практикуваше претходната власт, е креиран модел што ја зема предвид партиската припадност „Субвенциите ќе ги добиваат оние производители што ги исполнуваат утврдените критериуми независно од партиската припадност. Ќе се знае, кој и колку субвенции добил – и по која основа. Транспарентноста во доделувањето на субвенциите и постапките ќе бидат врвен приоритет за надлежните институции. Но, и одговорност за секоја една констатирана злоупотреба мора да има. Субвенциите кои моментално ги добиваат земјоделците воопшто немаат развојна стратегија затоа што во нивниот концепт постои обратно пропорционален принцип, односно со зголемување на засадената површина или поголема продукција се намалува субвенцијата. Доколку вистински се сака развој на земјоделство потребно е субвенционирањето да биде право


www.kapital.mk

Капитал број 910 07.04.2017

12

COVER STORY

пропорционално односно колку поголема продукција, толку поголема субвенција“, истакна Николовски. Тој рече дека и во самата изборна кампања неговата партија најавила дека Министерството за земјоделство пред да започне со доделување субвенции на земјоделците ќе направи соодветна компаративна анализа на досега дадените средства во земјоделството и ќе се утврди што е приоритет како производство. „Јасно е дека досегашниот пристап во распределба на субвенциите има многу недостатоци и затоа е потребна детална анализа на секој исплатен денар за субвенции. Политиките за субвенционирање ги креира Министерството, но за нивната имплементација и исплата одговорна и надлежна е Агенцијата за финансиска под дршка за земјоделство и рурален развој. А во периодот додека бев дополнителен заменик министер за земјоделство, се повеќе стана јасно дека токму оваа Агенција е најнетранспарентната и најмистериозна институција во овој ресор. Оваа Aгенција е најодговорна за лошото и селективно исплаќање на субвенциите. Можам да кажам дека токму во периодот кога бев во Министерството, многубројни земјоделци ми се обратија со докази за селективниот пристап на Агенцијата“, истакна Николовски.

Како да се зголемат приносите?!

Структурата на македонското земјоделство во најголем дел денес ја сочинуваат семејните земјоделски стопанства со мал земјишен посед, дополнително расцепкан на по неколку парцели. Дополнително просечниот македонски земјоделец земјата ја работи со застарена техника и технологија и со многу мали приноси. Во оваа насока мора да се земе предвид предупредувањето на експертите дека политиката на субвенционирање на мали земјоделски стопанства е обратно пропорционална и погубна за заложбите за окрупнување на земјоделските парцели кои ги

форсираат властите. Ваквите состојби попрактично ги објасни Васко Ристовски од Стопанската комора на Македонија. „Проблем е и тоа што субвенционирање е скалесто, т,е, најголемите фирми добиваат најмалку. Тие се движечка машина,. локомотива и треба исто да добиваат како и малите. Впрочем тие секогаш се и поврзани со малите компании/ производители(им откупуваат производство, преработуваат, преку нив се извезува и сл)“ изјави неодамна Ристовски. Останатите експерти кои ги консултиравме предупредуваат дека Македонија со ваква раситнета структура на земјоделски стопанства и со ваков модел на субвенционирање кој наместо да одвраќа, поттикнува на дополнителни раситнувања, ќе доживее вистинска катастрофа на самиот старт на преговорите со Европската Унија. „Брисел нема никакво разбирање за раситнети парцели и ситни земјоделци. Сите политики и напори на Европската унија во земјоделието се насочени кон окрупнување на земјоделството. Тоа значи дека неминовно ќе ни биде наложено да субвенционираме само парцели и земјоделци кои произведуваат на површини над пет или повеќе хектари. Тоа значи дека автоматски 80% од нашите земјоделци ќе останат без субвенции. Затоа Македонија во моментов наместо само декларативно треба и практично да се залага за окрупнување, а тоа да го стимулира преку поинаков модел на субвенции“ велат тие. Дополнителен проблем е што македонското полјоделство и општо земјоделство има најниски просечни приноси во регионот. Иако тоа многумина го поврзуваат со претежно ридскиот и планински релјеф на земјава, експертите и познавачите на состојбите коментираат дека со адекватен пристап кон земјоделството Македонија може сериозно да ги подобри перформансите во ова подрачје. nnn

Производство на млеко ('000 литри) Годишна 2016

промена

403.044

11,60%

Овчо

41.066

0,80%

Козјо

19.337

24,20%

Кравјо

Производство на месо (тони) Годишна 2016

промена

Говедско

3.962

-18,7%

Свинско

12.786

18,1%

Овчо

3.737

-6,1%

Живинско

1.509

-12,7%

21.994

2,7%

Вкупно

Број на добиток Годишна 2016

промена

Говеда

254.768

1,3%

Свињи

202.758

4,3%

Овци

723.295

-0,7%

Кози

101.669

15,6%

1.865.769

6%

Живина

Производство на јајца ('000 парчиња) Годишна 2016

промена

177.522

-12,70%

Извор: Државен завод за статистика

ФАКТ: ЗЕМЈОДЕЛСКИТЕ СУБВЕНЦИИ НИКОГАШ НЕ СЕ ИСПЛАТИЛЕ ЦЕЛОСНО



Капитал број 910 07.04.2017

www.kapital.mk

14 ИНТЕРВЈУ INTERVIEW

ПРОФ. Д-Р МИЛАН ЈАЗБЕЦ АМБАСАДОР НА СЛОВЕНИЈА ВО МАКЕДОНИЈА

СЛОВЕНИЈА ОСТАНУВА ГОЛЕМ ПРИЈАТЕЛ И ПОДДРЖУВАЧ НА МАКЕДОНИЈА


www.kapital.mk

Капитал број 910 07.04.2017

15 На 11 април во Скопје ќе има состанок на шефовите на некои од најголемите словенечки и македонски компании на стратешко – економско ниво. Тоа е нов пристап во деловната филозофија во билатералната дипломатија, вели словенечкиот амбасадор во земјава, Н.Е. проф. д-р Милан Јазбец. “Нов, затоа што тоа ќе биде brain storming на најголемите бизнисмени, тие кои што ги знаат можностите, гледаат далеку во иднината и кои се во состојба да ги придвижат работите во најдобра насока. И понатаму нив политиката ќе треба да ги слуша.“, вели амбасадорот Јазбец во интервјуто што го направивме, меѓу другото, и по повод големиот јубилеј – 25 години од воспоставувањето дипломатски односи помеѓу Македонија и Словенија.

разговара:

Игор Петровски

igor.petrovski@kapital.mk

XГ-не X амбасадоре, со оглед на вашата импресивна дипломатска кариера, кои сопствени искуства би ги издвоиле како најзначајни во вашата професионална изградба? Како прво, би истакнал дека мојот животен, а со тоа и кариерен принцип е дека човекот постојано треба да расте. Дека треба своите знаења и искуства да ги вградува во својата работа, да напредува, да станува духовно побогат, посталожен, посмирен и да гледа на долг рок, да не речам стратешки. Во таа смисла близок ми е Хегеловиот филозофски концепт на спирала, по која се движат нашите животи. Пријателите ми велат дека во мене постои и многу силен зен, па и доста принципи на нирвана. Убеден сум, дека сето тоа произлегува и зрачи од моето навистина богато и шаренолико искуство. Можеби најважното е она кога од 1982 до 1987-та работев во словенечки Кршко, во фабриката за новинарска хартија и целулоза, далеку најголема во поранешната федерација. Две години бев новинар, а потоа на 29 години станав најмлад директор на администрација во историјата на фабриката. Вработувавме 3.000 луѓе, во администрацијата 300, потпишував квартални и завршни сметки (нашите основни средства во тоа време изнесуваа повеќе одошто третина од денешниот словенечки буџет), работевме извоз со компании од преку 60 земји. Според денешната терминологија бевме мултинационален холдинг. Од оние времиња произлегува моето големо менаџерско искуство, работа со луѓе и сознанието, дека е многу лесно да потрошите илјада евра, но многу тешко да заработите едно единствено. Потоа би го издвоил периодот 2000-2004 кога бев заменик на министерот за одбрана на Словенија задолжен за одбранбена политика, пред сè за НАТО. Во тоа време го запознав целиот политички, дипломатски и воен врв и структурите на НАТО, државите

членки и некои други, пред сè на Балканот. Во пракса го изучував и применував стратешкото разгледување на трендовите во меѓународната заедница и тоа од точка во една хиерархија кога броеше 8.000 луѓе. Кога ќе ги комбинирам двете искуства, тоа е непроценливо за секого, а особено за дипломат. Трето мошне значајно искуство е мојата работа во Турција како четврти по ред словенечки амбасадор. Од Турција бев нерезидентен амбасадор и за Азербејџан, Иран, Ирак, Сирија и Либан. Во секој годишен извештај на Генералното собрание на ООН во тие години тоа беше подрачје, што според повеќе параметри се наоѓаше меѓу 15-те најголеми безбедносни ризици и закани во светот. Со Турција, на моја иницијатива, Словенија го склопи првото стратешко партнерство во март 2011-та (истата година и со Франција и Германија) и за време на мојот мандат го зголемивме бројот на словенечки почесни конзули од 4 на 9. Сите тие се значајни ликови во меѓународниот бизнис. И со сето ова искуство дојдов во Македонија, во државата која и мене лично ми е блиска, професионално и по сите други параметри. Да споменам само дека далечната 1981/82 во Штип служев воен рок и денес сум негов почесен граѓанин, што е голема чест за мене. XКои X се главните приоритети за време на вашиот мандат како амбасадор на Р.Словенија во земјава? Како прво, врз основа на досегашните одлични односи да ја продлабочиме и прошириме сестраната соработка и да ја подигнеме на стратешко ниво. Сега дојде времето за ваков потфат. Со тоа ќе ја зајакнеме соработката, ќе бидеме пример за другите, за тоа како се работи и придонесува за стабилноста, развојот и можниот економски процут на регионот. Но, за ова се потребни услови, од коишто некои се вон нашето директно влијание. Значи, од клучно значење е поврзувањето на македонската и словенечката економија на стратешко ниво. Тоа ќе биде најдобро,


www.kapital.mk

Капитал број 910 07.04.2017

16

ИНТЕРВЈУ

да не кажам и единствено можно во рамки на системот на евроатлантските интеграции. Овде треба поголем напредок и концептуална решителност кај македонската страна. Фудбалер којшто сака да влезе во најдобриот клуб, мора нонстоп да дава максимум од себе, а клубот треба да го мотивира. За волја на вистината, во тој поглед недостасуваат вибрации од обете страни, но играчот е тој, кој што треба постојано самиот да се усовршува, да биде што подобар. Убеден сум дека Словенија во тој контекст работи доста. Второ, годинава протекува во знакот на 25-годишнината од воспоставувањето на дипломатски односи помеѓу Република Словенија и Република Македонија. Словенија беше првата држава што отвори амбасада во Македонија, а Македонија пак својот прв амбасадор го испрати токму во Словенија. Тоа се големи дипломатски чинови и резултати што остануваат засекогаш. Заради тоа, оваа година нашата амбасада во соработка со бројни македонски партнери и пријатели ќе организира 25 дипломатски, бизнис, културни и политички настани, со коишто ќе го одбележиме јубилејот. Како три големи настани во првата половина од годинава морам да го истакнам т.н. Blue Chip стратешки состанок на словенечкиот и македонскиот бизнис врв на 11 и 12 април, во Скопје. За првпат во историјата на нашите две независни држави претседатели на управите на некои од најголемите компании од двете страни седнуваат на заедничка маса да разговараат околу тоа како понатаму со соработката, кои се можностите и потенцијалите. Интересот и од двете страни за овој настан е огромен. Потоа, за време на ЕУ седмицата, на 4 мај го организираме настанот наречен Europe – Unfinished Masterpiece, музичко – економско - дипломатски спектакл, со учество на словенечкиот амбасадор на културата и виолинист со светско реноме, Миха Погачник, во соработка со Факултетот за музички уметности од Скопје и Македонската опера и балет. Целта на тој спектакл, кој што ден претходно ќе се случи и во Приштина, а уште еден ден пред тоа во Тирана, е од европската периферија со посредство на Словенија во Брисел да испрати порака дека Европа треба да се комплетира, што значи да ги вклучи државите од Западен Балкан во нејзините структури. Сè додека тоа не се случи, Европа останува “недовршено ремек дело“. И третиот настан, тоа е концерт на легендарниот Зоран Предин и неговиот бенд Лачни Франц (во подмладен состав) за словенечкиот Ден на државноста кон крајот на јуни. Тоа ќе биде спектакл, со кој што носиме вибрација, мотивација, па и забава како средство на “people to people” дипломатијата. XШто X очекувате од средбата меѓу

македонските и словенечките “blue chip“ компании што ја споменавте? Оваа средба претставува состанок на врвот на словенечката и македонската економија на стратешко – економско ниво. Тоа е нов пристап во деловната филозофија во билатералната дипломатија. Нов, затоа што тоа ќе биде brain storming на најголемите бизнисмени, тие кои што ги знаат можностите, гледаат далеку во иднината и кои се во состојба да ги придвижат работите во најдобра насока. И понатаму нив политиката ќе треба да ги слуша. Досега веќе со идејата за поврзување на словенечките и македонските бизниси организиравме ручеци со сопствениците/ директорите на најголемите македонски компании. За време на посетата на словенечкиот министер за економија Здравко Почивалшек минатата година на земјава, инаку голем познавач на Македонија, имавме голем бизнис собир. Морам да кажам дека тоа е супер формула за поврзување, не само на економско ниво, туку и на лично. Од секоја средба што ја имавме, бев лично воодушевен. Овој конкретен настан значи посилна промоција на словенечката и македонската економија на највисоко можно стратешко – економско ниво. Целните групи на обете страни се стопанственици/сопственици на најголемите македонски и словенечки фирми. Мислам дека тоа само по себе кажува сè. Но, таквите собири не доаѓаат сами по себе. Треба да се препознае потенцијалот, да се иницира тренд и уважуваат минатите достигнувања. Заради сето тоа тука се дипломатските иновации на нашиот тим во Македонија. Целта е заедно да разговараме како да ја унапредиме соработката уште повеќе, иако и сега таа расте од година в година. Сигурен сум дека за тоа постои можност и на едната и на другата страна, и кај увозот и извозот. Морам повторно да истакнам дека одѕивот на сите што досега ги контактиравме е повеќе од позитивен, и кај двете држави. Тоа потврдува дека дипломатијата може и мора да биде иновативна во барањето можности и создавање прилики за унапредување на соработката. XНа X кое ниво е сега економската соработка помеѓу двете земји? Каков е трендот на билатералните економски односи во последните неколку години? Во 2015 година Македонија беше на 27 место меѓу надворешно – трговските партнери на Словенија. Истото беше и на крајот од 2016-та. Трговската размена на крајот од 2015 беше 236 милиони евра, или 5% повеќе од 2014, додека во 2016 изнесуваше 261,9 милиони евра, што значи за 11% повеќе одошто во 2015-та. Трендот на трговската размена последниве години е во пораст, најмногу заради зголемениот извоз на Македонија во Словенија, што

е добар тренд, мора да го поддржиме, засилиме и одлучно да тргнеме кон размена од половина милијарда евра. Сигурно можеме и мораме заедно да направиме повеќе, да се унапредат и извозот и увозот. Во делот, пак, на странските инвестиции, Македонија е на 4 место во поглед на големината на словенечките инвестиции надвор. Директните инвестиции од Словенија во Македонија досега изнесуваат 396 милиони евра, а македонските кај нас се скромни 2 милиони евра. Што се однесува на туризмот, во 2016 година Словенија ја посетиле 18,6% повеќе македонски туристи одошто во 2015-та. Тоа се одлични и многу охрабрувачки бројки, а од друга страна и нормално е тоа, со оглед на степенот на разбирање, пријателство и соработка. XКако X може да се подобри трговијата помеѓу Словенија и Македонија и каква е тука улогата на дипломатската мисија што вие сега ја предводите? Словенија прва воспостави дипломатски односи со Македонија, и обратно, Македонија ја отвори својата прва амбасада како суверена и независна држава токму во Љубљана, што јасно зборува за искрените релации помеѓу двете земји. Мојата главна цел е да го воздигнам на уште повисоко ниво она што е направено изминативе 25 години. Словенија е активен поддржувач на Македонија на нејзиниот пат кон евроатлантските интеграции. Наш приоритет е да се продолжи овој процес, да се прошири мрежата и да се поврзат луѓето и бизнисите од двете земји. Ние дипломатите секогаш треба да пронаоѓаме патишта за унапредување, продлабочување и нови можности, затоа секогаш треба да се биде на терен, меѓу бизнисмените и обичните луѓе. За овие половина година откако сум во Скопје имав многу корисни и интензивни состаноци со серија најголеми бизнисмени во Македонија и впечатоците се многу добри. Во таа активност непроценлива ми е помошта на мојот дипломатски тим. Тоа е најдобриот тим со кој што сум работел досега. XБизнисите X на словенечките компании во Македонија се главно во финансискиот сектор, па како според вас може да се стимулираат инвестициите и во производниот сектор, агробизнисот, итн.? Словенечките инвеститори покажуваат силен интерес во областа на прехранбената индустрија, банкарско – финансискиот сектор, расвета и мебел, домашна електроника, градежништво, туризам, хемиска индустрија, фармација, логистика, ИТ сектор, енергетика, текстил, челик и металургија... Македонија е голема инвестициска можност за Словенија. Луѓето од бизнисот се познаваат меѓусебно и нивната соработка си се развива непрекинато, но политичарите треба да ги прошират своите хоризонти и да

ПОРАКА: СÈ ДОДЕКА ЕВРОПА НЕ ГО ИНТЕГРИРА И ЗАПА


www.kapital.mk

Капитал број 910 07.04.2017

17

Словенечките инвеститори покажуваат силен интерес во многу области, ќе споменам само некои; прехранбената индустрија, банкарско – финансискиот сектор, домашна електроника, градежништво, туризам, хемиска индустрија, фармација... Македонија е голема инвестициска можност за Словенија. Луѓето од бизнисот се познаваат меѓусебно и соработуваат, но политичарите треба да ги прошират своите хоризонти и да бараат нови можности. бараат нови можности. Во овој контекст, лично би сакал да препорачам на сите да прават бизнис со ентузијазам. Не правете го она што другите го прават, туку фокусирајте се на спецификите и бидете уникатни. Словенечките директни инвестиции во Македонија достигнаа речиси 400 милиони евра и тоа е 7% од сите словенечки инвестиции надвор. Односите помеѓу Словенија и Македонија се одлични. Нашите компании во Македонија работат одлично. Најголемите меѓу нив се НЛБ банка, и осигурителите Сава и Триглав. Имаме и две производни компании во земјава – ТАБ МАК од Пробиштип и ЛТХ од Охрид. ТАБ МАК е една од најуспешните производни компании во Словенија, а исто така и во Македонија. Произведува акумулатори и ги извезува низ цел свет. Во својата база на акумулатори имаат повеќе од 17.000 различни типови, дури и за најголемите подморници. Тоа е доказ дека економиите на мали држави како Словенија и Македонија може да бидат силни и глобално насочени. Во супермаркетите во Македонија може да се најдат многу словенечки производи

Годинава протекува во знакот на еден убав и значаен јубилеј: 25-годишнината од воспоставувањето на дипломатски односи помеѓу Република Словенија и Република Македонија. Словенија беше првата држава што отвори амбасада во Македонија, а Македонија пак својот прв амбасадор го испрати токму во Словенија. Тоа се големи дипломатски чинови и резултати што остануваат засекогаш. – од месните индустрии КРАС, Перутнина, Цељске меснине, млекарниците од Љубљана и Цеље, итн. За Горење како еден од глобално најраспространетите словенечки брендови, познат уште од времето на екс Југославија, мислам дека нема потреба посебно да елаборирам. XКако X може Македонија да го искористи словенечкото искуство и know – how во развојот на претприемништвото и стартап сцената? Еден регионален венчр фонд со седиште во Љубљана веќе има канцеларија во Скопје, какви се можностите за поголем продор на словенечки и ЕУ венчр капитал во Македонија? Сигурен сум дека во Македонија има одлични услови за почнување бизнис. Мораме само да ги ставиме овие теми меѓу главните приоритети на нашата соработка и нашата работа. Македонската влада нуди финансиска и инфраструктурна поддршка во бизнис зоните. Ова ќе помогне да се привлечат уште повеќе странски инвестиции, меѓи кои и од Словенија.

Европа треба да се опорави од овие кризни времиња, да го редефинира својот концепт - тоа веќе се прави, ама не доволно брзо и иновативно - и да ја продолжи традицијата на мир, развој и благосостојба. Во денешно време тоа не е лесно, но е можно и потребно. ЕУ е концептот што изминативе децении се покажа како далеку најдобар. Кризата ја разниша оваа перцепција, и ние сега мораме ова да го избалансираме и да го продолжиме тој уникатен историски проект. Свесни сме за потенцијалите што ги нуди македонскиот пазар. Во согласност со нашите можности ги промовираме насекаде. Овде од голема и драгоцена помош ни е и нашиот почесен конзул во Македонија, Ислам Шенол, голем бизнисмен и човек со префинет вкус за уметност и култура. Него го постави мојот претходник, амбасадорот Раковец, и благодарен сум му за тој чин. Исто така, географските сличности на двете земји може да овозможат економска соработка, особено во делот на енергетиката, екологијата, туризмот, итн. Македонија има многу термални извори и неискористени планински ресорти. Словенија се промовира како “Зелена. Активна.Здрава“ туристичка дестинација. Во 2015 година во Словенија дојдоа 14.659 туристи од Македонија (10% пораст од 2014). Тие оствариле 30.667 ноќевања (10% пораст, исто така). Можности за соработка во областа на туризмот пружаат и следниве иницијативи: Претставници на туристичката индустрија на Македонија секоја година се поканети на настани што се одржуваат во Словенија;

АДЕН БАЛКАН ЌЕ БИДЕ НЕДОВРШЕНО “РЕМЕК ДЕЛО“


www.kapital.mk

Капитал број 910 07.04.2017

18

ИНТЕРВЈУ

CONVENTA – Тоа е нов европски саем од областа на event индустријата, а во 2015 година повеќе од 120 изложувачи беа присутни. SIW – Slovenian Incoming Workshop – најважниот туристички настан во Словенија, организиран од Словенечкото туристичко биро (повеќе од 30 земји се присутни секоја година). ALPE – Adria Tourism Show – водечки туристички настан во Адриа регионот. Има многу можности за посилна соработка помеѓу Словенија и Македонија во иднина, особено во полето на инвестиции во туристичка инфраструктура и размена на знаења. XМакедонија X веќе подолго време поминува низ политичка криза, па како тоа влијае врз расположението на словенечките инвеститори и нивните интереси во земјава и евентуалните одлуки за нови инвестиции? Што вие лично им препорачувате? Мојот став е дека треба да се биде трпелив и да се работи на долги патеки. Секоја работа, па и бизнисот, се работи со конкретни субјекти, со коишто раководат конкретни луѓе, а одговорна политика треба да создава услови за тоа. И ако може да парафразирам една словенечка поговорка која вели дека во тешки времиња ги запознаваш вистинските пријатели. Словенија е пријател, но секој пријател очекува промена на ситуацијата на подобро. Моите пријателски и отворени разговори со високите македонски претставници одат во споменатата насока и со споменатите пораки. Тоа е најдобро за сите нас. XИ XЕвропа исто така проаѓа низ турбулентен период – Брегзит, раст на десничарскиот популизам, бегалци, итн. – па кои се вашите очекувања во врска со европската иднина и шансите на неколкуте земји од Западен Балкан за евроинтеграции во вакви околности? Моите очекувања одат во една многу јасна насока: Европа треба да се опорави од овие кризни времиња, да го редефинира својот концепт - тоа веќе се прави, ама не доволно брзо и иновативно - и да ја продолжи традицијата на мир, развој и благосостојба. Во денешно време тоа не е лесно, но е можно и потребно. Сите национални политики во Европа треба да го имаат ова предвид. Едно е легитимен интерес според политичката моќ и власт, а друго е сфаќањето дека ЕУ е онаа рамка која изминативе децении се покажа како далеку најдобра. Кризата ја разниша оваа перцепција, и ние сега мораме ова да го избалансираме и да го продолжиме тој уникатен историски проект. Нема ниту една друга алтернатива. Тоа мора да биде јасен државнички став. nnn

ИСКУСЕН ДИПЛОМАТ ОД КАРИЕРА

П

роф. д-р Милан Јазбец е шести амбасадор на Република Словенија во Република Македонија (акредитивните писма ги предаде на 28 септември 2016 година). Истовремено е и редовен професор по дипломатија на Универзитетот во Љубљана (предава дипломатија на постдипломските студии за државни и европски студии во Крањ ). Тој бил четврт словенечки амбасадор во Турција (2010-2015), нерезидентно акредитиран и за Азербејџан, Иран, Ирак, Либан и Сирија, ополномоштен министер во словенечката амбасада во Стокхолм (1996-2000, дипломатско покривање на петте нордиски и трите балтички земји). Исто така бил последен југословенски (1991) и прв словенечки конзул (1992-1995) во Клагенфурт. Во Министерството за надворешни работи раководел со конзуларниот сектор (1996), со секторот за планирање на политики и истражување (2006-2010) и со секторот за европски држави (2015-2016), исто така бил државен секретар за одбрана во Министерството за одбрана на Република Словенија (20002004). Тој е автор, коавтор, уредник и ко - уредник на 36 книги, објавени во шест јазици (една третина од нив од областа на дипломатијата), и повеќе од сто статии од областа на дипломатијата, безбедноста и одбраната. Својот докторат го завршил на Универзитетот во Клагенфурт (2000), завршил дипломатско училиште во Белград (1988), а дипломирал новинарство (1981) и одбрана (1983) на Факултетот за општествени науки во Љубљана. Има долга и истакната кариера во областа на дипломатијата, бизнисот, новинарството и политиката. Предавал на разни универзитети, како што се Универзитетот „Колумбија“ во Њујорк, на Дипломатската академија во Виена, и во Турција на универзитетите „Билкент“, „МЕТУ“ и „Анкара“. Тој е член на Словенечкото друштво за меѓународни односи и на Словенечкото друштво за политички науки, како и меѓународен уредник на списанието „Европска перспектива“. Воениот рок го отслужил во македонскиот град Штип од октомври 1981 до март 1982 година. Во март 2005 година добил високото австриско државно одликување, „Голема ѕвезда на Орденот за заслуги за Република Австрија“. Пишува месечен блог за дипломатија за „Дипло“.

СОРАБОТКА: МОРА ДА ЈА КРЕНЕМЕ НА СТРАТЕШКО НИВО


НЛБ Станбени кредити

Твој дом, твоја слобода! Аплицирајте за НЛБ Станбените кредити до 31 - ви мај и искористете ги промотивните поволности! • Без трошоци за проценка. • Без трошоци за одобрување за сите Ризико станбени кредити и 50% пониски манипулативни трошоци за останатите Станбени кредити. • Пониски каматни стапки и поповолни услови за приматели на плата во Банката. • Бесплатна полиса за осигурување на станот за првата година. • Бескаматен Happy + инстант кредит за опремување на станот. • Бесплатна Visa Classic и Mastercard Standard кредитна картичка.

www.nlb.mk www.nlbtb.mk

Контакт центар: 02 / 15 600


www.kapital.mk

Капитал број 910 07.04.2017

20

ЛУЃЕ И КОМПАНИИ

КАКО СЕ ДВИЖЕЛЕ СТРАНСКИТЕ

ДОАЃАЛЕ ОД Е ЗАМИНУВАЛЕ ИЗНОС НА СТРАНСКИ ДИРЕКТНИ ИНВЕСТИЦИИ ВО МАКЕДОНИЈА (МИЛИОНИ ЕВРА)

506,0

Извор: НБРМ

399,9

358,5

344,4 252,2 205,1 145,0

2007

2008

2009

216,7

160,5 111,2

2010

2011

2012

2013

2014

2015

2016

Странските директни инвестиции минатата година биле со вкупен нето износ од 358,5 милиони евра, што е најголем износ од 2008 година наваму, кога изнесувале 399 милиони евра. Најмногу инвестиции во 2016-та стигнале од Германија, Холандија и Турција, додека најголем одлив е забележан на егзотичните Бермуди, 67,3 милиони евра. За 10 години најмногу нето инвестиции дошле од Холандија, 439 милиони евра, а најмногу дивиденди се одлеале кон Франција, 147 милиони евра.


www.kapital.mk

Капитал број 910 07.04.2017

21

ИНВЕСТИЦИИ ВО 2016

ЕВРОПА, СИ Е НА БЕРМУДИ 22,82

ИЗНОС НА ДИРЕКТНИ ИНВЕСТИЦИИ ОД МАКЕДОНИЈА ВО СТРАНСТВО (МИЛИОНИ ЕВРА)

13,94

Извор: НБРМ

7,70 4,41

2012

2013

2014

2015

2016

-19,90

Износ на странски директни инвестиции во Македонија по земји *(2007-2016) (милиони евра) 2007

2008

2009

2010

2011

2012

2013

2014

2015

2016

Вкупно

Холандија

26,50

2,30

65,10

0,50

136,60

8,10

37,10

40,10

94,45

27,96

438,71

Словенија

60,00

79,20

134,10

19,70

19,10

8,80

38,00

-6,60

-7,68

4,94

349,56

Австрија

10,80

95,70

30,10

-10,60

48,10

47,70

56,30

26,30

18,01

12,54

334,95

Турција

2,00

-1,50

4,40

15,50

77,10

23,50

22,80

17,10

27,05

24,61

212,56

Германија

9,30

4,00

2,90

11,90

10,70

12,10

32,00

45,80

39,28

39,86

207,84

Швајцарија

30,90

24,80

4,60

-41,20

-5,80

-15,00

-8,50

131,70

3,46

2,02

126,98

Бугарија

25,30

38,90

10,50

31,10

4,70

7,10

-2,90

-8,10

-0,44

16,08

122,24

Бермуди

0,10

1,10

-0,10

0,20

0,20

0,00

0,10

0,20

181,06

-67,33

115,53

Сент Винсент и Гренадини

3,00

43,90

-15,70

46,90

44,70

-27,70

-9,10

26,80

-20,10

-1,01

91,69

Италија

6,80

4,80

3,00

1,60

9,60

2,10

5,70

11,50

10,40

14,99

70,49

В.Британија

40,50

38,00

-45,80

31,60

-59,30

0,50

45,10

39,20

-37,63

15,90

68,07

Грција

44,60

6,70

-57,20

15,20

14,80

2,10

-0,90

-3,30

43,75

0,96

66,71

Хрватска

23,50

17,90

5,00

0,10

8,10

5,40

4,60

0,50

-2,99

1,77

63,88

Србија

54,10

3,40

-1,30

1,30

-5,10

-0,60

-0,40

3,00

3,11

1,69

59,20 49,19

САД

1,60

9,60

2,10

-2,20

2,70

11,30

3,70

-0,40

13,37

7,42

Русија

0,20

-0,10

-0,30

3,50

6,60

0,20

2,30

-0,90

18,10

0,37

29,97

Бр.Девствени Острови

18,00

17,40

11,90

1,30

2,20

-9,50

-6,40

-3,40

-5,85

-0,17

25,48

Луксембург

21,10

4,00

2,20

-20,40

0,60

1,30

0,00

-2,00

-21,71

15,82

0,91

Унгарија

73,00

-8,70

-23,60

-39,00

-0,30

-0,10

-22,00

-1,40

-0,59

0,02

-22,67

Франција

28,50

-2,00

-1,40

84,50

2,60

0,90

2,50

-105,70

-156,99

0,45

-146,64

*Во предвид се земени 20 земји со најзначајна инвестициска активност спроред обемот на трансакции изминатите 10 години

Извор: НБРМ


www.kapital.mk

Капитал број 910 07.04.2017

22

ЛУЃЕ И КОМПАНИИ

пишува:

С

Игор Петровски

igor.petrovski@kapital.mk

Со 33,6 милиони евра нето одлив на странски инвестиции ја започнала годинава Македонија, покажуваат податоците на Народната банка на Р. Македонија (НБРМ). Толкав е износот кога на сумата на вложен сопственички капитал (37,9 милиони евра) ќе се додаде вложувањето на директниот инвеститор во компанијата во која што всушност инвестира во земјава (6,15 милиони евра), ќе се одземе повратното вложување, односно одлевање на профитот (78,2 милиони евра) и ќе се додаде вложувањето помеѓу хоризонтално поврзани компании (0,57 милиони евра). Повисок одлив на месечно ниво последен пат е забележан во септември 2012 година, во износ од 33,85 милиони евра. Последен пат пак вака висок месечен одлив е забележан во септември лани, од 30,1 милиони евра. Меѓутоа, познавачите на оваа проблематика велат дека не е вообичаено високи нето одливи на пари од странските инвеститори да има уште првиот месец од годината. Тоа според нив е индикатор што треба да нè загрижува, затоа што е знак дека долготрајната политичка криза почнала да го зема данокот и кај делот на странските инвестиции, односно странските компании со засилено темпо почнуваат да ги префрлаат добивките во своите матични земји, поточно дестинациите каде што се регистрирани субјектите од кои што доаѓа инвестицијата во Македонија. Што се однесува на минатата година пак, барем според бројките на НБРМ политичката криза изгледа дека сè уште не беше почнала да влијае сериозно врз приливот на странски инвестиции. Вкупно 358,5 милиони евра директни

инвестиции регистрирала НБРМ во 2016 година во Македонија, од кои што 319,9 милиони се вложен сопственички капитал и реинвестирање на добивката, односно 136,8 милиони евра се вложувања на директниот инвеститор во компанијата во којашто се инвестира, 118,44 милиони евра се повратни вложувања и 20,13 милиони евра се вложувања помеѓу хоризонтално поврзани компании. Вкупните директни инвестиции во земјава лани биле поголеми за 65% во однос на 2015-та, кога изнесувале 216,7 милиони евра. Оваа сума е всушност најголема од 2008 година наваму, кога изнесувала безмалку 400 милион евра.

Најголем прилив на инвестиции во текстил, најголем одлив во трговија

Гледано по земји, најмногу нето инвестиции лани стигнале од фирми регистрирани во Германија, или безмалку 40 милиони евра, следи Холандија со 28 милиони евра, Турција со 25 милиони евра, Бугарија со 16 милиони евра, В. Британија со 15,9 милиони, итн. Најмногу пак нето одлив на инвестиции забележани се во Бермуди, 67,3 милиони евра. Бермуди е земјата пак, од каде што година претходно, во 2015-та, стигнале најголем износ на инвестиции, од 181 милион евра. Минатата година статистиката на НБРМ не бележи друг поголем одлив на инвестиции, односно дивиденда кон матичните компании во странство, за разлика од 2015-та, кога најголем одлив беше забележан во Франција, 157 милиони евра, во В.Британија се одлеаја 37,6 милиони евра, во Луксембург 21,7 милиони евра и во малата егзотична островска земја Сент Винсент и Гренадин 20,1 милион евра. Не се знае точно кои се компаниите што ги вадеа профитите надвор од Македонија во 2015-та, но гледано по сектори од економијата, најголем дел, или 103,7 милиони евра беа одлеани од рударски компании, 33 милиони евра од финансиски сектор, 25 милиони евра од компании што произведуваат моторни возила и приколки. За минатата година пак, гледано по дејности, најмногу инвестиции се забележуваат во производството на текстил, 52,15 милиони

БРОЈКИ

65%

се поголеми СДИ во 2016 во однос на 2015

39,8

милиони евра се инвестициите од Германија во 2016, најмногу, гледано по земји

67,3

милиони евра се дивиденди одлеани кон Бермуди во 2016, најмногу, гледано по земји

2,7

милијарди евра се СДИ за изминативе 10 години

438,7 милиони евра нето се дојдени од Холандија последниве 10 години, најмногу, гледано по земји

146,6 милиони евра нето се одлеани кон Франција последниве 10 години, најмногу, гледано по земји



www.kapital.mk

Капитал број 910 07.04.2017

24

ЛУЃЕ И КОМПАНИИ

КОЛКУ ЧИНИ ПРИВЛЕКУВАЊЕТО НА СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ?

ДОСЕГА ПОТРОШЕНИ 150 МИЛИОНИ ЕВРА

П

ресметките од завршните сметки на буџетите во последните десет години, покажаа дека за привлекување на странски инвестиции, од маркетинг и промоција, субвенции, па до изградба на технолошко индустриските развојни зони, властите потрошиле најмалку 148,7 милиони евра. Најголем дел од народните пари за привлекување на инвеститори во земјава ги потрошиле двете главни државни институции за оваа намена, Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот и Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ДТИРЗ). Меѓутоа, за оваа намена трошеле и Министерството за економија и Владата. Дирекцијата за ТИРЗ, која што како таква постои од 2009 година, до 2016 година потрошила вкупно 71,2 милиони евра. Од нив, речиси 48 милиони евра се потрошиле

за изградба на технолошко индустриските развојни зони, 5 милиони евра за поддршка на инвестиции, а околу 18 милиони евра за функционирањето на Дирекцијата во што спаѓаат платите на вработените и набавки на стоки и услуги за тековното работење. Претходно во 2007 и 2008 година, за изградба на технолошко индустриските развојни зони се потрошиле околу 10,7 милиони евра, но преку Министерството за економија. За годинава, за капитални инвестиции во овие 13 индустриски зони, дел од нив целосно изградени и подготвени за инвеститорите, а дел во фаза на изградба, предвидено е да се потрошат уште 4 милиони евра. евра, во производството на моторни возила, приколки и полуприколки влезени се 35,5 милиони евра, во градежништвото речиси 20 милиони евра, во производството на електрична енергија 16,5 милиони евра, во финансии и осигурување 17,8 милиони евра, итн. Најголемиот нето одлив пак, или точно 62,4 милиони евра, се забележани во дејноста трговија на големо, со исклучок на моторни возила.

Холандија најголемиот инвеститор последниве 10 години

Извлекувањето на дивидендите од страна на странските инвеститори е очекувано, односно нормална економска логика е да се распредели профитот кај сопствениците на компаниите, велат финансиските експерти што ги консултиравме. За нас како држава ќе биде добро ако дел од профитите сепак се реинвестираат за да може бизнисите да растат и да отвораат нови работни места, но сигурно не може да очекуваме дека се што ќе заработат, тие ќе го реинвестираат, велат нашите соговорници. Инаку, 2014 година беше рекордна по одлив на дивиденди бидејќи токму тогаш властите направија измени во оданочувањето на добивката, односно го укинаа ослободувањето од данок на добивка кога компанијата одлучуваше да ја задржи добивката на сметка, без да ја реинвестира. Така, во 2014 година странските компании ги распределија дивидендите од сите претходни години кога го задржувале профитот за да не плаќаат данок на добивка. Сега компаниите не плаќаат данок на добивка само во случај кога целиот профит го реинвестираат. Ако одиме пак малку поназад со анализата на странските директни инвестиции, се гледа дека Холандија е најголемиот инвеститор изминативе 10 години, со вкупно 438,7 милиони евра, пред Словенија со 349,6, Австрија со 335, Турција со 212,6 милиони, Германија со 208 милиони евра, итн. Најмногу дивиденди се одлеале кон Франција, 147 милиони евра, додека на второ место е Унгарија со 22,7 милиони евра нето одлив на инвестиции од 2007 до 2016 година. nnn



INTERVIEW

Капитал број 910 07.04.2017

26

www.kapital.mk

ИНТЕРВЈУ

БРАНКО АЗЕСКИ

ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

ПОТРЕБНИ СЕ ДИРЕКТНИ СТИМУЛАЦИИ НА ДОМАШНИТ КОМПАНИИ ЗА РЕИНДУСТРИЈА


www.kapital.mk

Капитал број 910 07.04.2017

ТЕ ИЗВОЗ И АЛИЗАЦИЈА

27


www.kapital.mk

Капитал број 910 07.04.2017

28

ИНТЕРВЈУ

разговара:

Биљана Здравковска Стојчевска biljana.zdravkovska@kapital.mk

XМакедонија X веќе неколку месеци е во своевидна институционална блокада и без влада. Како тоа се одразува врз економијата и како реагира бизнисот на оваа ситуација? Се чувствува многу подобро отколку во 1991 година, кога се распадна државата и целиот систем, во 1993 година кога имаше блокади кон Грција и Србија, 1999 година кога имаше војна во соседството, 2001 година кога имаше војна на нашата територија, 2008 година кога почна светската економска криза. Веројатно и сите овие неизвесности и екстерни шокови кои се многу чести на Балканот придонесоа бизнисот да изгради еден посилен имунолошки систем. Затоа и сметам дека и овој шок го пречекуваме поподготвени. Не можам да кажам дека бизнисот е изненаден и дека немал проценки дека политичката криза ќе трае многу долго. Токму затоа велам дека оваа ситуација е очекувана, дури можам да кажам дека бизнисот е подготвен и за натамошно комплицирање на ситуацијата. Но, подготвен е и адекватно да реагира на евентуално комплицирање на ситуацијата. Она што можам да го потврдам е дека инвестиционата активност е намалена и постои поголема внимателност кога станува збор за плаќањата. Тоа се отежнувачки фактори, но засега не се до тој степен изразени за да го сопрат крвотокот на бизнисот во Македонија. Она што можам да го кажам е дека бизнисот е подготвен и на поголеми шокови и во тој случај она што сигурно ќе се случува е одливање на капиталот надвор од границите на Македонија. Капиталот секогаш е подготвен да бара побезбедна и поизвесна локација. Тоа ќе биде одговорот на бизнисот на понатамошното комплицирање на ситуацијата во Македонија. Но, да се надеваме дека нема да дојде до таква ситуација. XКаква X е ситуацијата со плаќањата во економијата. Дали државата доцни со плаќањето на своите обврски кон фирмите и дали има задоцнети плаќања меѓу компаниите? Каква е ликвидноста кај компаниите? Плаќањата во Македонија никогаш не се спроведувале перфектно. Ни во добрите, ни во лошите времиња за водење бизнис. Се обидовме проблемите со плаќањата да ги разрешиме со законска регулатива. Она што треба да се прави е доследно да се почитува законската регулатива, што е донесена во договор со бизнис заедницата, со која се надминаа многу несогласувања. Но, во делот на плаќањата на јавниот сектор кон приватниот сектор се оставија некои хибридни решенија кои го фаворизираа јавниот сектор, што создаваат проблеми. Она што е поголем проблем во делот на

плаќањата е нефункционирањето на правосудниот систем, каде што нема никаков напредок со години, а што сериозно влијае на ликвидноста на компаниите. Правосудниот систем е бавен, неефикасен, споровите траат премногу долго и се фаворизира јавниот во однос на приватниот сектор. Секако дека и ние како комора упорно работиме на овој план, преку промоција и афирмација на користењето на алтернативните методи за решавање на споровите меѓу деловните субјекти, како што се медијацијата и арбитражата, но потребно е уште да се работи на овој план. Не очекуваме дека проблемот со плаќањата и неликвидноста ќе се реши со волшебно стапче и преку ноќ. Она на што мора да се работи е целосна реформа на правосудниот систем и доследно почитување и спроведување на законските обврски во делот на плаќањата. XСите X проценки и пораки од меѓународната заедница се во насока дека на Македонија и е потребно итно формирање на влада и дека економијата не може долго да издржи ваква институционална блокада. Што како бизнис заедница очекувате од новата влада? Кои треба да бидат економските приоритети на новата влада? За нас не постои стара и нова влада, туку постои само влада. Ние како бизнис заедница преговараме и разговараме за прашања и приоритети кои сме ги поставиле и кои сметаме дека се важни. Овој концепт го започнавме во 2010 година и ќе продолжиме да го спроведуваме и понатаму. Тој почива на три темелни принципи. Првиот принцип е дека на Македонија и е потребен склучување на договор помеѓу јавниот и приватниот сектор, по примерот на тој што се склучи во Германија во 1949 година. Со еден таков договор мора јасно да се разграничи мешањето на државата во приватниот сектор и обратно. Вакви договори постојат и во многу други земји и сметаме дека еден таков договор и е неопходен на Македонија, кој потоа ќе мора да го почитуваат сите следни влади и бизнис заедници. Вториот принцип е дека Македонија мора да направи долгорочна стратегија за економски развој. Ние немаме таква стратегија и затоа секој влада си носи свои економски политики, кои потоа многу тешко се применуваат во пракса, бидејќи претставуваат шокови за бизнисот. Значи, ние како бизнис заедница и како држава мора да ги поставиме и да ги знаеме кои се определбите за следните 10, 20 или 30 години, како би можеле бизнисмените да ги конципираат своите цели и планови. Плановите на компаниите ќе бидат поинакви ако владата ни каже дека проблемот со името со Грција нема да се реши во следните 30 години, а сосема поинакви ќе бидат ако се каже дека тој проблем ќе биде решен во следните три години. Претпоставките и очекувањата во бизнисот се многу значајни. Третиот принцип е потребата за единствен и функционален коморски систем во Македонија. Иако Стопанската комора на

Македонија е водечка бизнис асоцијација во Македонија, ние сакаме ова прашање да се отвори и коморскиот систем конечно да се стави во функција на економскиот развој. Сите бизнис асоцијации треба да седнат заедно со државата и да го договорат патот каде и како ќе се движиме во следниот период. Во Германија и Австрија, на пример, имаат задолжително коморско членство и тоа дава подобри резултати, бидејќи е целосно ставено во функција на моделот на економски развој договорен со државата. Сметам дека овие три клучни столбови мора да се договорат помеѓу бизнис секторот и државата во функција на поголем економски развој, без разлика што ќе се случува на политички план. Ние како Стопанска комора на Македонија уште во 2010 година понудивме модел на економски развој кој вклучуваше 10 клучни прашања на кои ќе продолжиме да работиме и во следниот период. Тоа се изработка на нов модел на економски развој кој ќе ги поттикне производството и извозот, стратегија за забрзан економски развој, во чија основа ќе биде и економската поврзаност со претприемачите од малите земји, задолжителна консултација на бизнисот при донесување на законите и подзаконските акти, поддршка и промоција на извозот како потреба на бизнисот и привлекување на странски инвестиции како приоритет за зголемување на надворешнотрговската размена, социјално партнерство и трипартитен дијалог, подобрување на состојбите во правосудството како императив за подобра бизнис клима, квалитетни и брзи услуги испорачани од државната администрација, создавање на кадар во согласност со потребите на стопанството, научно-истражувачки анализи и вистински дијалог, а не паушални констатации и кадровско и организационо подигнување на Стопанската комора на Македонија. XАко X треба да издвоите три проблеми кои се најгорливи за бизнисот на кои новата влада итно треба да се ангажира, кои би биле тие? Тоа би биле реформа на правосудството, решавање на неликвидноста кај компаниите и сивата економија. Но, за овие проблеми да бидат надминати, потребно е претходно спроведување на низа конкретни мерки кои се систематизирани и поткрепени во нашите 10 барања кои претходно ги споменав, а кои сметам дека се во интерес и на целата држава, а не само за бизнисот. XВо X последно време бизнисмените и бизнис заедниците се сè погласни дека е потребен еднаков третман помеѓу домашните и странските инвеститори. Што конкретно значи тоа и дали домашните инвеститори треба да ги имаат истите поволности и субвенции? Концептот кој го застапува Стопанската комора на Македонија е отсекогаш јасен. Ние сме и за привлекување на странски инвестиции и за поддршка на домашниот бизнис. Она што можам да го кажам е

АЗЕСКИ: ИНВЕСТИЦИОНАТА АКТИВНОСТ Е НАМАЛЕНА И ПОСТОИ


www.kapital.mk

Капитал број 910 07.04.2017

29

Можно е одливање на капиталот надвор од Македонија Бизнисот е подготвен и на поголеми шокови и во тој случај она што сигурно ќе се случува е одливање на капиталот надвор од границите на Македонија. Капиталот секогаш е подготвен да бара побезбедна и поизвесна локација. Тоа ќе биде одговорот на бизнисот на понатамошното комплицирање на ситуацијата во Македонија. Но, да се надеваме дека нема да дојде до таква ситуација. дека агресивната политика на владата во делот на привлекувањето на странските инвеститори како да ги фрустрира домашните инвеститори, а не ги поттикна. Членките на Стопанската комора на Македонија, не само што ја поддржуваат секоја бизнис-иницијатива, туку и во рамките на секторските здруженија и совети имаат свои членки од слободните зони, што го потврдува фактот дека бизнисзаедницата нема ништо против интензивното привлекување странски инвестиции, но домашните компании (вклучувајќи ги и странските инвеститори кои имаат регистрирани бизниси надвор од зоните) бараат изедначување на условите за водење бизнис на домашните и на странските инвеститори во зоните, со цел да се избегне нерамноправниот третман на пазарот. Секаде во светот постојат технолошкоиндустриски развојни зони кои имаат определени поволности во работењето,

Добро би било во наредниот период да се работи на обезбедување рамноправен третман на домашните со странските инвеститори во делот на поддршка на извозни програми, за што треба да се изгради соодветна системска регулатива. Значи, да заклучам ние сме Македонија да продолжи со политиката на привлекување на странските директи инвестиции, но истовремено да се поддржат домашните компании преку директни стимулации на извозот и реиндустријализацијата и да изградиме една стабилна државна развојна банка којa ќе биде вистинска поддршка на развојните политики”, вели Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија во интервјуто за “Капитал” во кое тој зборува за приоритетите кои ќе се залагаат како претставници на најголемите компании во земјата.

но сепак не треба да се занемаруваат сите домашни и странски инвеститори кои имаат компании надвор од зоните. Мислам дека требаше да има конкретна алтернативна поддршка на домашниот бизнис која требаше да оди преку државната развојна банка Македонската банка за поддршка на развојот (МБПР). Нашето стопанство, како мала, отворена економија, за да одржи долгорочен раст, треба и понатаму да ја поддржува извозната ориентација на домашните компании. Добро би било во наредниот период да се работи на обезбедување рамноправен третман на домашните со странските инвеститори во делот на поддршка на извозни програми, за што треба да се изгради соодветна системска регулатива. Значи, да заклучам ние сме Македонија да продолжи со политиката на привлекување на странските директи инвестиции, но истовремено да се поддржат домашните

компании преку директни стимулации на извозот и реиндустријализацијата и да изградиме една стабилна развојна банка којa ќе биде вистинска поддршка на развојните политики. XДали X се потребни даночни олеснувања и субвенции кои би се доделувале на транспарентен начин како за странските, така и за домашните инвеститори? Очигледно е дека работењето на новите странски инвестиции во последните години влијаеше на диверзифицирање на нашиот извоз, како во поглед на производите и дестинациите, така и во поглед на зголемената технолошка интензивност. Би било добро политиките да се надградат и во делот на субвенционирање и на домашните компании со државна помош во делот на вработување и стручно оспособување, како и со мерки на економската политика со кои ќе се стимулираат партнерството помеѓу

ПОГОЛЕМА ВНИМАТЕЛНОСТ КОГА СТАНУВА ЗБОР ЗА ПЛАЌАЊАТА


www.kapital.mk

Капитал број 910 07.04.2017

30

ИНТЕРВЈУ

странските производствени компании што работат во Република Македонија, локалните мали и средни претпријатија и финансиските институции преку обезбедување помош за унапредување на квалитетот, количествата и сигурноста на производите преку технички и менаџерски вештини, деловно планирање и пристап до капитал. Зголемената технолошка и деловна софистицираност на локалните добавувачи, за возврат, ќе овозможи повратни врски со странските директни инвестиции и ќе го стимулира извозот. Значи, покрај одредени даночни ослободувања, домашните компании треба да се стимулираат и со мерки за модернизација на капацитетите и иновирање на технологијата, помош и даночни ослободувања за отворање на нови работни места и за обука и усовршување на вработените кадри кои што му недостасуваат на пазарот на трудот. Поагресивно треба да се стимулира воведувањето и примената на нова технологија, да се наградува ангажирањето на домашни иноватори и да се организира производство на база на домашни иновации. Но, сепак македонските компании во овие услови на глобализација и неизвесности и шокови во кои работат остваруваат солидни резултати. Ние како мала економија мора да најдеме начин како да преживееме и да се прилагодиме на глобализацијата, во спротивно ќе бидеме жртви. Ако овие големи странски инвеститори не влезеа кај нас, ќе влезеа во некоја друга земја од регионот. XВо X последно време многу компании посочуваат дека имаат проблем со работната сила. Како ќе се одразува овој проблем врз македонската економија во услови кога многу луѓе одлучуваат да се иселат од земјата? Проблемот со вработувања е проблем, но миграцијата и иселувањето на луѓето од земјата не е причина заради која постои тој проблем. Иселувањето и миграцијата постоела и ќе постои, и тоа е глобален процес. Не треба да се занимаваме со проблемот дали некој ќе одлучи да си замине од државата, туку треба сите напори да ги насочиме кон тоа како да создадеме подобри услови за тие да одлучат да останат да работат и создаваат во Македонија. Секој може да има предизвик да си замине од Македонија, бидејќи едноставно Македонија е мала земја. Реалниот проблем со работната сила е неусогласеноста на образовниот систем со потребите на стопанството. На оваа индустрија која ја има Македонија, вклучително и на странските инвеститори кои отвораат фабрики во земјава, им се потребни квалификувани кадри со специјализирано стручно образование, а не им требаат толкав број на високообразовни кадри. Станува веќе бесмислено какви кадри се произведуваат во нашиот образовен систем. Стигнавме во фаза во која и оние кои работат на шалтер во банки, уште малку и касиерките, ќе треба да имаат завршено факултет. Ние ги лажеме младите генерации, бидејќи македонската економија не може да го апсорбира тој кадар. Мора да го слушнеме гласот и

Правосудниот систем го фаворизира јавниот сектор

Она што е поголем проблем во делот на плаќањата е нефункционирањето на правосудниот систем, каде што нема никаков напредок со години, а што сериозно влијае на ликвидноста на компаниите. Правосудниот систем е бавен, неефикасен, споровите траат премногу долго и се фаворизира јавниот во однос на приватниот сектор. потребите на бизнисот и на индустријата. Стопанската комора на Македонија има конкретно решение, а тоа е воведување на дуалниот систем на образование во средните стручни училишта. Тој принцип е воведен во Германија и во некои други земји и според него образованиот систем произведува кадар, каков што и потребен на индустријата, и што е уште позначајно, таквиот систем на образование, доведува до намалување на стапката на невработеност на помалку од 8%, посебно на младата популација. Конкретно, треба само да се донесат соодветни законски решенија и тие да се имплементираат во пракса. XКако X ги коментирате овие лицитации за зголемување на минималната плата кои во изминатиов период доаѓаат од двете најголеми политички партии? Како реагира бизнисот на овие предлози? Ние сме одлучиле да градиме капитализам, но сакаме да имаме капитализам со социјалистички обележја или капитализам без капиталисти. Имаме примери на успешни бизнисмени кои се на судот на срамот во Македонија и мораат да се бранат зошто се успешни, зошто направиле голем профит, зошто откако платиле данок го изнесле профитот надвор од земјата или зошто некој, откако ги платил сите придонеси и даноци, зема толку висока плата. Во последниве 15 години има напредок во сфаќањето и фокусирањето на бизнисот и економијата. На пример, денес нема

сериозна политичка партија во која економијата не е во фокусот, се зборува многу повеќе за економијата во медиумите...Тоа е поразлично. Но, имаме уште многу за да ги прифатиме правилата и принципите на капитализмот. Она што јас би го посакал е во следните 20-30 години да останеме стабилни и независни како држава. Откако ќе преживееме барем 50 години, потоа ќе биде полесно. Југославија не успеа да преживее 50 години, веројатно затоа што немала цврсти темели. Македонија како држава, па и нејзината економија и компаниите, преку сите овие кризи и шокови станува поцврста и поотпорна. Добрите компании ќе преживеат и ќе се надградува системот. XГледате X ли некоја конкретна опасност за тоа? Да, гледам три опасности или лимитирачки фактори, гледано од аспект на бизнис заедницата која ја претставувам. Првиот ограничувачки фактор е меѓународен. Се наоѓаме во фаза на меѓународно прегрупирање. Македонија е мала земја и постои реална опасност повторно да останеме последни, затоа што немаме навреме информации за процесите кои се случуваат во светот. Денес, на меѓународната сцена ги има Кина, Индија, Бразил, кои до пред 30 години не претставувале никаков значителен фактор. Сите овие процеси можат да создадат опасност за малите земји, кои можат да бидат колатерална штета од прегрупирањето на односите

АЗЕСКИ: ПОТРЕБЕН НИ Е ДОГОВОР ПОМЕЃУ ЈАВНИОТ И ПРИВАТНИОТ СЕКТОР


www.kapital.mk

Капитал број 910 07.04.2017

31 помеѓу големите сили. На регионален план опасноста ја гледам во фактот што ние досега не успеавме да изградиме никакви препознатливи регионални иницијативи, инфраструктура... Европската унија е изградена врз основа на регионална соработка, и таа порака ние никогаш не успеавме да ја разбереме. Денеска, ситуацијата во регионот на полето на регионална соработка е полоша отколку во 1991 година. Кога пред неколку години зборував дека бизнисот е единствениот кохезивен фактор во регионот, на многумина тоа им звучеше како флоскула. Во денешните разнебитени политички односи на Балканот, само бизнисмените одржуваат комуникација и на релација Србија со Хрватска, Србија со Косово, Македонија со Грција...Секаде каде што политичарите не успеваат да најдат заеднички јазик, бизнисмените ги имаат воспоставено тие врски и односи, и комуницираат помеѓу себе. Третиот ограничувачки фактор е домашната економска сцена. После 25 години ние се уште зборуваме за модел и стратегии на економски развој, за нов систем на образование кој ќе биде во функција на економијата, се уште зборуваме дека економските закони не смеат да се носат по скратена постапка без да се консултира бизнис заедницата. Бизнисот и во вакви неизвесни услови полни со шокови има постигнато многу. Дали сме можеле повеќе? Сигурно сме можеле, да не биле условите вакви какви што се, и да сме имале функционално правосудство и владеење на правото и нормални услови за бизнис како што има во нормални држави. Она што сакам да го кажам е дека мора да бидеме свесни за опасностите и за ограничувањата во кој работи бизнисот во Македонија. XДали X меѓународната заедница гледајќи што се случува во регионот на политички план почнува се посилно да турка регионални економски проекти за да не научи како треба да се соработува? Сега последна е идејата за царинска унија во регионот која јавно ја турка Србија, а зад која застана официјално и Европската унија? Целосно го потврдувам тоа. Факт е дека се работи на иницијативи за економско поврзување и сметам дека е добро економски да се зацврстува соработката во регионот. Уште во 2014 година со отпочнувањето на Берлинскиот процес тоа беше јасно кажано како правец во кој ќе се движи регионот. Најмоќната европска земја Германија е официјално зад таа идеја на регионално економско обединување на Западен Балкан и ние како земји мора да ја искористиме оваа шанса. Ние ќе бидеме принудени да го научиме јазикот кој го зборуваат развиените западни земји. Во јули годинава во Италија се одржува следната средба на која ќе се разговара за Берлинскиот процес и на која ќе треба да се предложат заеднички регионални проекти за кои ЕУ има обезбедено конкретни фондови. nnn

XКого X претставува Стопанската комора на Македонија? Функцијата на коморите многу добро ја има опишано Џејмс Харолд Вилсон, кој бил премиер на Велика Британија во седумдесеттите години. Тој рекол “Подобро е Комората да ја имаме како партнер на Владата во конципирањето на законите, отколку како опонент во нивната примена”. Во изминатиот период често ни се поставуваше прашање кого ние како Стопанска комора на Македонија претставуваме. Стопанската комора на Македонија годинава прослави 95 години од нејзиното основање. Денес во органите и телата на Стопанската комора на Македонија седат претставници на над 15 илјади компании од Македонија. Тоа е огромен човечки, умствен и професионален капацитет. Неодамна нарачавме студија од Виенскиот институт за меѓународни економски студии, која ќе биде готова во јуни годинава и која точно ќе прикаже кого претставува Стопанската комора на Македонија и колку е нејзината сила, колку компаниите и нејзини членки учествуваат во БДП, во извозот,вработувањата... На 11 април во Стопанската комора ќе промовираме нова книга “Развојните перспективи на коморскиот систем во Македонија” чии автори сме јас и Елена Милевска Штрбевска, која е оперативен директор на Комората. Според мене, коморското здружување мора да биде ставено во функција на економскиот развој. И ние мора да ги прифатиме решенијата на тие земји кои посигнале многу добри резултати откако ги поставиле коморите да бидат поддршка на економските политики. Стопанската комора на Македонија е една од ретките кои опстојуваат на доброволно здружување. И тоа е во ред, посебно во поглед на независноста која ја имаме како институција. Иднината на коморското здружување е во заедничка програмирана политика со државата во што коморите ќе имаат свој удел. Но, тоа не може да се случи ако државата нема изградено модел на економски развој и економска стратегија, на кои ќе се прилагодат коморите. Ако сакаме да го реорганизираме коморскиот систем неопходен е прво, договор помеѓу приватниот и јавниот сектор за немешање во надлежностите, второ да се изгради стратегија за економски развој во следните 20 до 30 годни и тогаш спрема таквиот модел да се одбере коморски систем кој ќе биде ставен во нејзина функција. Германија на пример, има коморски систем на задолжително членство и тој е ставен во функција на агресивната извозна политика на државата. Значи не може да зборуваме во Македонија за модел на коморски систем, ако немаме модел на економски развој. Во развиените политичко-економски системи се води посебна сметка на коморите да им се обезбеди стабилност и постојано да се зголемува нивниот авторитет. Ова се обезбедува со реализација на политиката на усогласување на меѓусебните односи на јавниот и приватниот сектор преку воспоставување партнерство и дијалог со различно ниво на задолжителност. Но, пазарниот систем природно инсистира на ефикасен коморски систем. Во сите успешни економии деловните асоцијации се еден од одлучувачките фактори за насочување на стопанскиот раст и создавање на поттикнувачка и просперитетна деловна клима, која на крајот на краиштата создава капитал и можности повеќе да се троши. Токму таков коморски систем треба да функционира и во Македонија, а во таквиот процес на тежнеење кон совршенството, свесни сме дека, покрај сите други, и нашата куќа на бизнисот треба да се приспособи и да направи некои нужни реформски чекори за постигнување на оваа цел, а ние сме подготвени и за овој нов предизвик.


Капитал број 910 07.04.2017

32

www.kapital.mk

ИНТЕРВЈУ

МИМОЗА ГОДАНЦИ – АЛИУ ЧЛЕН НА УПРАВНИОТ ОДБОР НА ПРОКРЕДИТ БАНКА

ПРОКРЕДИТ БАНКА

ПРЕКУ ЕЛЕКТРОНСКИ УСЛУГИ, БАНКАТА Е ТАМУ КАДЕ ШТО СЕ КЛИЕНТИТЕ

Мимоза Годанци – Алиу е новиот член на Управниот одбор на ПроКредит Банка Македонијa, која се придружи на менаџерскиот тим во септември 2016 година. Со 17 години искуство во банкарски сектор на водечки менаџерски позиции, на чело на различни сектори, во ПроКредит Косово, ПроКредит Албанија, ПроКредит Регионална Академија за Југоисточна Европа во Македонија, е одговорна за секторот за физички лица и он-лајн банкарски услуги. Во интервју за магазинот Капитал таа најавува многу иновативни решенија кои ПроКредит банка ќе ги воведе за физичките и правните лица.

ГОДАНЦИ-АЛИУ: ДИРЕКТНО БАНКАРСТВО Е КОНЦЕПТ П


www.kapital.mk

Капитал број 910 07.04.2017

33

24

X24 X часа банкарство и модерна, автоматизирана услуга се уникатности кои ПроКредит Банка им ги овозможи на своите клиенти и внесе комплетно нов начин на банкарска услуга во Македонија. Кои се Вашите искуства? По воведувањето на Зоните 24/7 и унапредувањето на системот за електронско банкарство, и пренасочување на клиентите на автоматизирана банкарска услуга, можам слободно да кажам дека сме единствена банка која достигна 99% автоматизација на готовинските и безготовински трансакции. Автоматизацијата овозможи банкарството да се адаптира уште повеќе на потребите на динамичниот живот на клиентите. Услуга

24/7, услуга која клиентите можат да ја користат сами без да зависат од работно време на експозитурите е нешто што наиде на големо задоволство кај правните и физички лица. Правните лица сега бираат кога сакаат да дојдат во банката за да го депонираат дневниот промет, а физичките лица штедат на банкомат со картичка. XПримарен X дел од Вашите одговорности е банкарство за физички лица. Каква услуга пружате за нив? Иако правните лица се примарен сегмент на ПроКредит Банка, комплетно ги опслужуваме физичките лица со целосна палета на банкарски услуги и тие учествуваат со 62% во вкупната депозитна база на банката. ПроКредит Банка е сигурна германска банка за депозитите на физичките лица, услугите за штедење се едноставни, лесни за користење, а каматните стапки се фер и транспарентни. Во однос на кредитирањето, промовираме одговорност и совесност кај клиентите. Промовираме кредити кои имаат намена за подобрување на животните услови

или намена создавање на капитал, како што е стан или реновирање и сме поригорозни во пласманите на ненаменски потрошувачки кредити оти сакаме да спречиме презадолженост. Каков сегмент на физички лица опслужуваме? Клиентите кои бираат модерно онлајн банкарство се сепак физички лица кои имаат навика или лесно се адаптираат да работат преку електронско банкарство или со дебитна картичка. Поради тоа работиме со определен сегмент на динамични луѓе на кои ангажманите на работа им дозволуваат малку слободно време, како професионалци лекари, инженери, адвокати, архитекти и тн, како и сопственици на бизниси. Овој тип на клиенти преферираат да работат он-лајн, да се во контакт со Советникот за клиенти по е-маил и да користат услуги по телефон од Контакт Центарот. Посебен тим на специјално обучени Советници за клиенти се грижи за физичките лица во ПроКредит Банка. Тие имаат портфолија кои бројат во просек до 300 клиенти и се задолжени да пружат одлична услуга за секое физичко лице. Физичките лица не доаѓаат на шалтер и не пополнуваат апликации на инфо биро, туку имаат посебно лице кое ги познава нивните потреби. ,,Грижата за клиенти” опфаќа водење, советување, информирање за банкарските услуги кои се најсоодветни за динамиката и барањата на клиентот. Физичките лица преферираат да имаат еден контакт со банката, преку одредено лице. Секако и

ПО КОЈ РАБОТАТ НАЈСОВРЕМЕНИТЕ БАНКИ ВО ЕВРОПА


www.kapital.mk

Капитал број 910 07.04.2017

34

ИНТЕРВЈУ

Нашите инвестиции во иднина ќе бидат во е-банкинг, софтвери, сигурносни системи, апликации со кои ќе ја донесеме банката во канцеларијата, во домот и на мобилниот телефон на клиентот.

услугата од Контакт центарот 8-20 часа по телефон им е од огромно значење за брза информација или итна услуга за нивните картички. XКои X се услугите од ПроКредит Банка за физичките лица? Во ПроКредит Банка знаеме дека услугите треба да бидат едноставни за разбирање и лесни за користење. Кога зборуваме за штедење, нудиме два основни продукта кои се и најкористени, орочени депозити со рочности до три години, и ,,Flex Save” штедна сметка за флексибилно штедење со можност да дополнување и повлекување. Штедната сметка е поврзана со картичка така што клиентите не доаѓаат на шалтер во работно време на експозитурите, туку дополнуваат пари на банкоматите во Зона 24/7 кога сакаат. Штедната сметка е продукт со кој клиентите создаваат заштеди со редовно одвојување на дел од месечните приходи. Во однос на кредитирањето, ги потенцирам кредитите кои се за наменски инвестиции на физичките лица. Нудиме одлични услови за кредити за стан или куќа и реновирање на домот, поради тоа што се работи за цели за подобрување на животните услови. Во делот на картички нудиме сигурни дебитни и кредитни картички од брендовите на Виза и Мастер кард, како и интернет Виза картичка за безнбедни плаќања преку Интернет. Сепак за клиентите најголема придобивка се услугите во Зона 24/7, кој е иноватовен канал/начин на самостојно користење на услугите за клиентите. Клиентите најмногу го почитуваат и преферираат депонирањето и повлекувањето на пари токму во Зона 24/7 поради безбедноста, сигурноста, поволноста на паркинг простор.

Оваа пролет, ПроКредит започнува кампања за професионалци, целна група доктори која вклучува најповолни услови за кредитирање и голем на придобивки за клиентите. XКои X поволности ги нуди ПроКредит на овие професионалци во рамки на пролетната понуда ? Пролетната понуда нуди најповолни услови за кредитирање и сет банкарски услуги кои му се потребни на едно физичко лице. Најатрактивната понуда е за стамбени кредити и кредити за еко реновирање, за долгорочни инвестиции кои придонесуваат за подобрување на условите и квалитетот на живеење, со фиксна каматна стапка од 3,5% за првите 5 години, без дополнителни трошоци за одобрување на кредитот, а кредитите за еко реновирање имаат фиксна каматна стапка од 6% за првите 5 години и 0% дополнителни трошоци за исплата. Понудата содржи и поволни каматни стапки за кредитни картички и потрошувачки кредити објавени на нашата веб страна. XПокрај X понудата за поволни услови за кредитирање, кои други придобивки се вклучени за физичките лица во сетот банкарски услуги ? Сетот банкарски услуги содржи сè што е потребно едно физичко лице да работи самостојно со автоматизирана 24/7 банка како ПроКредит, а тоа се: мултивалутна сметка, дебитна картичка поврзана со сите трансакциски и штедни сметки, интернет картичка, електронско банкарство, СМС нотификации за сите трансакции и дополнително сите редовни домашни плаќања процесирани преку е-банкарство се бесплатни. На овој едноставен начин,

клиентите можат да ги следат своите месечни трошоци и во една ставка на својот извод, преку една единствена месечна провизија. XКои X се следните планови на ПроКредит Банка? Единствената германска банка во Македонија, ПроКредит, се движи во уште попрогресивна насока. Директно банкарство е концепт по кој работат најсовремените банки во Европа. Модерниот начин на живот на граѓаните налага промени во начинот на кој се испорачува банкарската услуга. Клиентите ќе налагаат се повеќе да можат да ги користат услугите онлајн и преку веб страницата на банката: откако еднаш ќе се идентификуваат и отворат сметка во експозитура, потоа да можат да отвораат штедни сметки, депозити, да аплицираат за кредити и сетоа тоа преку својот компјутер или мобилен телефон. Нашите инвестиции во иднина ќе бидат во е-банкинг, софтвери, сигурносни системи, апликации со кои ќе ја донесеме банката во канцеларијата, во домот и на мобилниот телефон на клиентот. Стратешки партнер во развојот на софтверите и апликациите е Quipu (Кипу) со седиште во Франкфурт, Германија и регионална канцеларија во Скопје. Имаме огрмна предност како банка да работиме со сопствена компанија чија примарна цел е развој на уникатни и напредни системи и канали во банкарството. Секако планираме и развој на Зона 24/7 преку дополнителни банкомати како што е банкомат за истовремена уплата и исплата на поголеми износи на готовина, дури дo 250 банкноти во една трансакцика, познат како рисајклер. nnn

ГОДАНЦИ-АЛИУ: ПРЕКУ ЕЛЕКТРОНСКИ УСЛУГИ, БАНКАТА Е ТАМУ КАДЕ ШТО СЕ КЛИЕНТИТЕ



Капитал број 910 07.04.2017

36

www.kapital.mk

БИЗНИС И ПОЛИТИКА

СВЕТСКИ ПОЗНАТАТА КОМПАНИЈА ЗА СТРАТЕГИСКА КОМУНИКАЦИЈА SCL GROUP ОТВОРА КАНЦЕЛАРИЈА ВО СКОПЈЕ

РЕЦЕПТОТ ОД КАМПАЊАТА НА ТРАМП ПРЕКУ МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ВО РЕГИОНОТ Во екот на растечкиот публицитет на SCL, што очекувано уследи по американските избори, оваа групација се шири и на Балканот – и тоа со епицентар токму во Скопје. Според зборовите на шефот на регионалната канцеларија, Никола Спасов, и тука се очекува влез на политичкиот пазар, а компаниите што располагаат со бази на податоци добиваат ефективен начин за искористување на истите, според логиката „колку повеќе знаеш за некого, толку поефективно ќе најдеш начин да комуницираш со него“

СПАСОВ: ОВАА КОМПАНИЈА БУКВАЛНО ИМ ГИ


www.kapital.mk

Капитал број 910 07.04.2017

37 пишува:

П

Максим Ристески

maksim.risteski@kapital.mk

Победата на Доналд Трамп на американските избори сериозно ја оспори релевантноста на целата индустрија на политичкиот маркетинг и истражувањата на јавното мислење. Часови пред затворањето на избирачките места се чинеше дека само во штабот на републиканскиот кандидат веруваат во победа, зашто и ден пред изборите последната анкета на Ројтерс/ Ипсос и даваше 90% шанси на кандидатката на Демократската партија, Хилари Клинтон. Без намера да сугерираме извлекување заклучок сам по себе, ќе кажеме само дека „осомничена“ како главен виновник за успехот на кампањата на Трамп е Cabridge Analytica, британската компанија за стратегиски комуникации. Дефиницијата што тие ја користат за себе е „behavior change agency“, односно агенција за менување на однесувањето. Компанијата под брендот Cambridge Anlytica работи на американскиот пазар, а на меѓународниот е позната под името SCL (Strategic Communication Laboratories). И, во екот на растечкиот публицитет на SCL, што очекувано уследи по американските избори, оваа групација одлучи да се прошири и на Балканот – и тоа со епицентар токму во Скопје. Шеф на оваа регионална канцеларија на SCL, на новата компанија SCL Balkans, е Никола Спасов, магистер по политички комуникации и директор на Агенцијата за комуникации и истражувања, „Рејтинг“. Спасов, претставувајќи ја мајката компанија вели дека нејзиниот бизнис е „креирање на комуникациски стратегии базирани на напредни анализи на „Big data“ (големи бази на податоци) и психографско профилирање и таргетирање на целните групи“. Компанијата преку работата на американските избори буквално воведе целосно нов концепт и пристап во изборниот инженеринг што отвори голема дебата и поттикна многу интерес за она што SCL го работи. Компанијата постои 25 години и е основана во Лондон од луѓето од Cambridge Analytica, што е основниот бренд под чие име се води бизнисот во САД. Пред да биде формирана оперирала како институт, како научна институција што се занимавала со изучување на однесувањето на луѓето. Behavioural Dynamics Institute (BDI) е институтот од кој со комерцијални цели е основана компанијата. Овој институт го водат неколку научници со експертиза во делот на бихевиоризмот

И РЕШАВА ПРОБЛЕМИТЕ НА КЛИЕНТИТЕ


www.kapital.mk

Капитал број 910 07.04.2017

38

БИЗНИС И ПОЛИТИКА Што ја издвојува SCL од другите компании што работат PR, стратегии и слично?

Извршниот директор на Cambridge Analytica, Александер Никс – науката за одгатнување/разбирање на однесувањето на човекот. Тие разработиле методологија со која ефективно прво го откриваат и го мерат, а потоа и го менуваат однесувањето, односно креираат комуникациски, маркетинг или продажни стратегии...., во насока на многу ефективно менување на однесувањето на луѓето. Од формирањето компанијата работи во четири сектори. Одбрана – каде во голема мера се застапени стратегии за поствоени општества/држави, во кои има потреба да се приближат одредени групи меѓу кои постојат длабоки јазови, и да се направат долгорочни стратегии за помирување на страните. Компанијата во областа на одбраната има работено со НАТО, и со други големи меѓународни организации. Политика – SCL има работено кампањи во преку дваесет држави, од кои меѓу најпознатите е кампањата за последните американски претседателски избори. Бизнис – насочен кон клиенти од деловната сфера – сектор што во SCL сега особено се развива.

И тука е SCL Social, што функционира како невладина организација во рамките на компанијата, работејќи на општествени и културни проекти за меѓународни организации. „Најактивни ни се двата дела – политика и одбрана – од каде доаѓаат најголем дел од клиентите“, вели Спасов, додавајќи дека SCL станала популарна компанија последниве неколку години, откако почнала ефективно да работи во САД. Комапанијата за 25 години работела на повеќе од сто кампањи низ светот, и тоа на пет континенти, во Кенија, Индонезија, Турција, Мексико ... SCL може да се пофали многу висок процент на успешност - победи на партиите и кандидатите за кои работела. „Но, кампањата со која го привлече вниманието на светската јавност беше за прелиминарните избори во САД, за Тед Круз, каде тој од аутсајдер со рејтинг од 7%, успеа да се искачи до 33% и да стане втор кандидат кај републиканците. Тогаш беше забележана компанијата, која со истите ресурси премина да работи за Доналд Трамп со познатиот исход“, вели Спасов.

Разликата е што оваа компанија ги темели своите стратегии и пораки на многу напредно научно истражување, кое оди неколку нивоа над вообичаените изборни истражувања, кога, на пример, станува збор за ангажман во делот на политиката. Методологијата се темели на тоа дека двајца луѓе различно реагираат кога се изложени на одредени пораки во зависност од тоа каков е нивниот карактер. Традиционалниот пристап е дека две демографски слични индивидуи би се однесувале исто, би имале сличен интерес, и би можеле да се стават во иста група. Но, ако размислиме, ова е навистина неточно. Зошто само поради тоа што, на пример, жени на иста возраст кои живеат во ист град би реагирале еднакво на иста порака? Демографското и географското сегментирање не е доволно, и токму во овој дел SCL има развиено уникатна и ефективна методологија. „Методологијата на SCL во дефинирањето на целни групи е поразлична, зашто во рамките на таа основна демографска група дополнително ги стратифицира групите според личноста преку напредни психолошки тестови и истражувања на големи примероци. Со тоа се стратифицираат самите групи дополнително во однос на карактеристиките на луѓето и начинот на кој тие реагираат на пораките. На пример, во традиционалниот пристап, при таргетирање, двајца луѓе на возраст од 45 години, кои живеат во ист град, имаат слични примања, се ставаат во иста група и се таргетираат со иста порака. Но, реално, тие може да реагираат на многу различни пораки. Ако психолошкиот тест открие дека едниот е интровертен, а другиот екстровертен, пораките треба да бидат сосема различни. Така, ако на овие двајца клиентот сака да им рекламира ново возило, потребно е да им комуницира различните аспекти и атрибути на производот. Кај оној кој е поинтровертен, позагрижен за својата безбедност, сака да биде што позаштитен, ќе помине порака што ќе ја потенцира безбедноста на возилото, штедењето на гориво, зачувувањето на природата ... Оној кој е екстровертен, и побрзо носи одлуки, а во принцип е авантурист, сака да слушне порака дека се работи за брз автомобил, кој нуди уживање во возењето, сака да види визуелизации со отворени патишта. Како што вели директорот на SCL, Александар Никс, карактерот на личноста е одлучувачки фактор при носењето одлуки, не демографските карактеристики“, вели Спасов. Водено од оваа логика креирањето на целните групи и таргетирањето во работата на SCL е многу различно. Во традиционалниот маркетинг се креираат неколку пораки, за неколку целни групи, и тука нема доволна варијација на пораките; истите масовно шират со надеж дека

НИКС: КАРАКТЕРОТ, НЕ ДЕМОГРАФИЈАТА НОСИ ОДЛУКИ



www.kapital.mk

Капитал број 910 07.04.2017

40

БИЗНИС И ПОЛИТИКА

кај одреден процент самите пораки ќе функционираат. Деталната сегментација што ја прави SCL дозволува да се креираат многу пораки, за многу поголем број целни групи и подгрупи и директно и многу поефективно да се комуницира. Иднината на комуникацијата и таргетирањето е во индивидуалното таргетирање. Во иднина ќе добиваме се попрецизни, наменски пораки за нас како личности. Оттаму, комуникациските стратегии на SCL во голема мера се базираат на индивидуално таргетирање без разлика дали станува збор за кампања од врата на врата, дирекна пошта до точно одредена адреса, одреден човек, или пак за дигитално таргетирање на социјалните мрежи и воопшто на интернет (дигитално таргетирање се работи на сите канали достапни на интернет – Google Ads, YouTube, Facebook, Twitter ...) Предноста, вели Спасов, е што пораките се многу поефективни, и нема потреба една личност толку многу пати да биде изложена на една порака, за пораката да почне да функционира, односно, да го менува однесувањето според стратегиските цели. „Има многу повеќе интеракција/реакција на вака пласираните пораки, а сето, во крајна линија, е и многу поевтино, зашто бара многу помалку ресурси што треба да се вложат во самото емитување/пласирање. Овој концепт е релативно нов, иако, микротаргетирањето не е нова тема во маркетингот. Big data е, исто така, нешто за што одамна се зборува, но SCL е една од малкуте компании во светот што навистина го разбира и работи“, објаснува Спасов. Како ова се прави во пракса? Уникатната анализа изработена на Кембриџ почнува со голема операција на собирање податоци преку истражувања, но и други достапни датабази со лични информации за гласачите или клиентите од интернет. Колку повеќе индивидуални податоци за секој човек, толку попрецизно може да се сегментира целото гласачко тело или база на клиенти. Потоа сите овие бази и подаотци се интегрираат во една база и преку машинско учење (Machine learning – вид на вештачка интелигенција што им овозможува на компјутерите да учат без директно да бидат програмирани), преку екстраполацијата на податоците, резултатите можат да се пресликаат на целата популација. Со тоа практично се профилира секој гласач, клиент или потрошувач. Потоа, преку анализа на профилите тие се групираат во микро целни групи и се дефинираат пораките што треба да се пласираат.

„Се креираат многу различни пораки, понекогаш неколку стотици, во зависност од тоа колку е хетерогено општеството и самите групи. Покрај квантитативните, се прават и многу квалитативни истражувања, за длабински да се осознае како функционираат и која е динамиката на целните групи“, вели Спасов.

„Очекуваме влез на политичкиот пазар во регионот и интерес од компаниите што имаат бази на податоци“

Одговорниот за натамошен развој на бизнисот на SCL во овој регион, Никола Спасов, открива дека веќе активно почнале со понуди, со претставување на компанијата, со комуникација со потенцијални клиенти, и оти наскоро очекуваат влез на бугарскиот и македонскиот пазар. „Ова е канцеларија што ќе биде одговорна за целиот Балкан, и во зависност од тоа како ќе одат операциите, со каква динамика ќе се случуваат работите, можеби ќе има потреба да се отворат канцеларии и во други земји од регионот. Веќе градиме мрежа од луѓе кои ќе можат да ги комуницираат и продаваат услугите надвор од Македонија“, вели Спасов. Во моментов SCL Balkans работи на стратегии за бизнисот во овој регион, што подразбира анализа за достапноста на податоците, по што ќе треба да се утврди каде и во колкава мера треба да се надградуваат истите; и

да се види колку треба да се инвестира за креирање на соодветни бази на податоци, неопходни за испорачување услуги за клиентите. На прашањето - кој вид на компании можат да имаат најголем бенефит од работењето со SCL, Спасов одговара дека работат со податоци, и секоја компанија што располага со бази на податоци, за клиенти со кои комуницира директно преку и-меил листи, и т.н., или за потенцијални клиенти, би имала голем бенефит од соработка со SCL. „На пример, телекомуникациските компании што располагаат со големи бази на корисници, можат многу да искористат од обработка и доградување на таа база на податоци, за продажба, маркетинг или кампања. Практично, SCL ги систематизира, надградува и проучува датабазите за потоа да креира ефективни стратегии. Тука се и банките, осигурителните компании, големите синџири на супермаркети кои имаат картички за лојалност и слични бизниси. Сите што сакаат да работат со директно таргетирање на постоечките или потенцијалните корисници, можат да имаат голем бенефит“, вели Спасов, кој потенцира дека компанијата не продава класични маркетинг и адвертајзинг услуги. „Кај нас се детектираат проблемите или потребите на клиентот, се креира стратегија, и се испорачува. Оваа компанија буквално им ги решава проблемите на клиентите – кога треба да се зголеми продажбата, да се зголеми видливоста на брендот или да се поттикнат одредени промени во навиките.“ Спасов открива дека откако завршија изборите во САД со познатиот резултат, компанијата станала многу интересна во делот на политичкиот маркетинг, и оттаму најголем дел од клиентите кои пристапуваат се од делот на политиката. И во регионот очекуваат влез на политичкиот пазар, а тука станува збор за политички партии, кандидати, влади, владини институции, но и меѓународни организации и големи невладини организиции ... „Таму сега е најголемата експанзија“, вели Спасов. nnn

СПАСОВ: НАЈГОЛЕМА ЕКСПАНЗИЈА ИМАМЕ НА ПОЛИТИЧКИОТ ПАЗАР


РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ: 18 АПРИЛ 2017

ЕДНОДНЕВНА ОБУКА НА ТЕМА:

ОБУКА ЗА ДАНОК НА ДОДАДЕНА ВРЕДНОСТ СПЕЦИФИЧНИ ПРОБЛЕМАТИКИ И ПРАКТИЧНИ АСПЕКТИ l 20 април 2017 година l 10:00-16:00 часот Институт КОНЦЕПТ, Скопје

СОДРЖИНА: Македонски ДДВ импликации од трансакции со странски елемент:

Даночни импликации од погодности доделени на купувачот

l Осврт на трансакциите со странски елемент од

l Осврт на видовите погодности доделени на

l Примена на правилата за утврдување на местото

l Третман на погодностите на купувачите од аспект

l Специфични ДДВ правила во поглед на

l Третман на погодности на купувачите од аспект на

ДДВ аспект: нерезидентен вршител на прометот; нерезидентен примател на прометот и промет фактички извршен во странство;

на промет на добра и услуги за ДДВ цели; Технолошко индустриски развојни зони;

l Примена на механизмот на самопресметување

на ДДВ во трансакции со странски елемент и импликации за даночниот должник.

купувачот: награди, производи на промоција, програми за лојалност, ваучери, попусти, рабати и дисконти; на данокот на додадена вредност;

данокот на добивка. Специфични проблематики, актуелности и пракса од областа на данокот на додадена вредност.

ПРЕДАВАЧИ: За повеќе информации посетете ја нашата веб страна: www.koncept.com.mk

ЕЛИ БОЦЕВСКА ГРУЕСКА АЛЕКСАНДАР ЈОСИМОВСКИ

КОНТАКТ: м-р Ленче Зикова и м-р Бојана Делидинкова le-mail: institut@koncept.com.mk l02 3128 526 l070 272 207


www.kapital.mk

Капитал број 910 07.04.2017

42

УРБАНО ЖИВЕЕЊЕ Барселона

Сингапур

ПРЕДИЗВИЦИТЕ НА СЛУЧАЈОТ „МНОГУ ЛУЃЕ ВО МАЛИ, КОНЦЕНТРИРАНИ ПРОСТРАНСТВА“

КАКО ЕДЕН ГРАД СТАНУВА ПАМЕТЕН?

С

Само по 30 години 66% целото население на Земјата ќе живее во градови, тврдат анализите на Организацијата на обединетите нации. Случајот „многу луѓе во мали, концентрирани пространства“, ќе се развива сè побрзо. А со засилувањето на овој процес ќе има сè поголеми предизвици за општините што ги управуваат овие пространства; за компаниите што им доставуваат услуги; и за граѓаните кои ќе ги бидат во ситуација не лесно да ги обезбедуваат дури и основните ресурси како водата и храната. Засега светот верува дека решението е во таканаречените „паметни градови“. Тие користат технологии за да ги управуваат сите сегменти – транспортот, болниците, училиштата, водоводните и канализациските мрежи, системите

Технологиите се единствениот начин општините да одговорат на предизвиците на иднината, но малку од нив знаат како да ги искористат. Во успешните примери најнапредните градови бараат начини за воведување сè попаметни технологии, а сè уште се во фазата амбициозни случаите во кои се користи поинаков пристап – создавање паметен град од нула за прочистување ... Користа од ова е јасна. Кога информацијата се собира, се анализира и се употребува правилно, тоа го прави управувањето на еден град поефективно, поевтино и попријатно за жителите. Но, како еден град станува „смарт“? Засега никој не открил целосно решение. Според Техничкиот универзитет во Виена, на пример, паметниот град треба да се покаже добар во шест различни категории: економија, мобилност, животна средина, управување, начин на живот и луѓе. Универзитетот истражува и класифицира десетици европски градови.

Пионерите

Паметни градски системи и проекти постојат со децении. Системот за управување со

сообраќајот во Сингапур, на пример, за првпат е воведен во 1975 година. Денеска тој веќе користи мрежа од камери, од сензори, од GPS уреди, за да предвидува и спречува сообраќајни метежи, така што ги менува таксите што сопствениците на автомобили ги плаќаат за да стигнат до различни делови од градот. Пешаците се, исто така вклучени. Повозрасните и луѓето со посебни потреби добиваат специјални RFID (Radio-frequency identification) чипови, преку кои семафорите ја регистрираат нивната местоположба и го оставаат зеленото светло пуштено додека не поминат. Во 2016 година Сингапур застана на прво место на листата „Најпаметен град“ на британската компанија Juniper Research. Истражувањето што го даде овој резултат

JUNIPER: ТРАНСПОРТОТ И ЕНЕРГЕТИКАТА НАЈВАЖНИ ЗА „ПАМЕТЕН“ ГРАД


ГИ ГРАДИМЕ ВАШИТЕ СОНИШТА РАПИД БИЛД е градежна компанија која изведува објекти од секаков вид и тоа: станбени, деловни, индустриски објекти, магистрални гасоводи комплет со блок станици и главно мерно регулациони станици, атмосферски и фекални канализациони системи, патна инфраструктура со придружни објекти (подпатници, надпатници, пропусти, клучки), реконструкции, доградби итн. Главната одлика на компанијата е брза, квалитетна и современа изведба, која се должи на користење на најсовремена опрема и материјали за градба, имплементирање на светските стандарди за квалитет и менаџмент, како и поседување на тим составен од високо-професионален и стручен кадар. Во реализација на работите во областите на својата дејност секогаш ја запазува техничката регулатива, ги запазува етичките и стручни стандарди на оваа професија, а со своето работење го застапува интересот на својот инвеститор во рамки на законските прописи, интересот на општеството и угледот и репутацијата на професијата и професионалноста.

www.rapidbild.com.mk


www.kapital.mk

Капитал број 910 07.04.2017

44

УРБАНО ЖИВЕЕЊЕ Масдар

вклучувало комбинација од фактори како технологии за интелигентни мрежи, паметно осветлување, користење на технологии за подобрување на сообраќајот, пристап до безжичен интернет, употреба на смартфони и достапни мобилни апликации. „Применивме различни коефициенти за тоа како градот се справува со транспортните и енергетските системи, кои, според нас се најважните елементи за еден паметен град“, вели претставникот на Juniper Research, Стефан Сорел, за Гардијан. Шпанскиот град Барселона, исто така е на високо место на листата, поради системот за управување со сообраќајот. Во градот има интелигентен систем за паркирање, интелигентно LED улично осветлување, систем од сензори за набљудување на квалитетот на воздухот и нивоата на звукот. Односот на градот кон управувањето со водните ресурси, исто така, ја става Барселона на светската карта на паметни градови. Пред неколку години главниот град на Каталонија помина период на суша, по што беше воведен интелигентен систем за наводнување. Сензори во почвата ги анализираат реализираните и прогнозираните врнежи, и го менуваат протокот на прскалките за да штедат вода.

Паметен град од нула

Додека најнапредните градови бараат начини за воведување сè попаметни технологии, други користат поинаков пристап – создавање паметен град од нула.

Таков пример е Масдар покрај Абу Даби. Идејата е енергијата и останатите ресурси на градот да се следат и управуваат централно. Изградбата е почната во 2008 година, со планови за 22 милијарди долари инвестиции во град што ќе собере 50 илјади жители. Но, проектот не помина незасегнато во глобалната финансиска криза. Плановите за персонален систем за брзо движење се ограничени, што ги прави недостижни поставените цели за нула јаглеродни емисии. Денеска се изградени одвај 5% од планираниот град среде пустина. Со слични амбиции, но со поголем успех почна и меѓународниот бизнис центар Сонгдо, покрај најголемиот аеродром во Јужна Кореја. Според податоците до кои дошол Гардијан, ова е најскапиот приватен проект во историјата, со инвестиција од 40 милијарди долари, и е првиот навистина паметен град. Во улиците и системите на градот се вградени сензори што испраќаат информација кон централната мрежа за мониторинг и поддршка. Водените и енергетските ресурси, како и сообраќајот, се следат и оптимизирано и постојано. Во градот има и пневматски систем за чистење на сметот, што ја елиминира потребата од контејнери и камиони за отпад. Сите отпадоци се собираат во автоматска централна инсталација за третирање на сметот, која се наоѓа под земјата. Во идните планови влегуваат и развојот на мобилни апликации со кои ќе се контролираат

Сонгдо

домашните уреди, како и системи за лоцирање на децата во градот. Јапонија, исто така планира сличен проект. За Олимписките игри во 2020 година Токио ќе изгради „град на иднината“ во кој енергијата целосно ќе се доставува од водород.

Како градовите стануваат поинтелигентни

Повеќето од овие утописки проекти засега или не успеваат да ги исполнат своите амбиции, или работат во мал формат. За градовите кои стотици години трупале историја и тешка инфраструктура, „опаметувањето“ е многу тежок процес. Засега нема и единствен одговор на прашањето како еден град да стане паметен. Но, многу градови, институции и организации се обидуваат да создадат насоки за оваа цел. Според Институтот на инженерите по електротехника и електроника (IEEE), на пример, развојот на паметните градови треба да покрива три фази. Во стратешката фаза општините треба да се научат да создаваат приоритети, и начини за оценка на својот прогрес. Во практичната фаза тие треба да успеваат да реализираат „интелигентни“ проекти според најдобрите практики. А во последната, техничка фаза, управувањето со градовите треба да се сообразува и со технолошките барања, така што градовите навистина да бидат спремни да ја пресретнат иднината. nnn


They say diamonds are forever… and so is an MBA!

Enjoy the most Valuable classroom experience – real life Harvard Business School case studies, business simulations and participant centered learning that enhance your strategic decisionmaking skills and critical thinking

a Rare opportunity to learn alongside esteemed professionals in order to build an extensive and exclusive network of useful contacts which could lead to new business opportunities The most Desirable and sought after degree in the world by employers, entrepreneurs and future leaders

World-class curriculum that applies a global outlook on current issues, taught by international faculty from top –tier schools with a rich portfolio of expertise

A brilliant cut to fit your demanding work schedule and maintain your work – life balance, giving you more flexibility to acquire the skills and experiences to fulfil your career objectives

Access to the Highest Quality internationally accredited degree by the Accreditation Council for Business Schools and Programs (USA) created as a combination of European and American educational standards

So don't lose a diamond, while chasing glitter! Enroll at the UACS MBA program! За повеќе информации: Бул. Трета македонска бригада бр. 60, 1000 Скопје Телефон: + 389 (0) 2 2463 156; 2463 159 Е-пошта: graduate@uacs.edu.mk

www.uacs.edu.mk

UACS SKOPJE

UACSKOPJE

YOUTUBE.COM/USER/UACSKOPJE

UACSKOPJE


СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

РЕВИЗИЈА И КОНСАЛТИНГ

21 АПРИЛ

2017

КОЈ Е КОЈ НА МАКЕДОНСКИОТ ПАЗАР Во специјалниот прилог “Ревизија и консалтинг: Кој е кој на македонскиот пазар“ за првпат досега ќе направиме рангирање на најголемите играчи во областа на ревизорските услуги во земјава – според остварените приходи, добивки, бројот на клиенти и останатите клучни параметри, врз основа на последните јавно достапни податоци. Разговараме со претставници на водечките компании околу трендовите во овој бизнис, новите услуги, како и предизвиците што стојат пред оваа индустрија во новото дигитално време. Во специјалниот прилог што ќе излезе на 21.04.2017 ќе може да прочитате:

l КОЈ Е КОЈ НА МАКЕДОНСКИОТ ПАЗАР ЗА РЕВИЗОРСКО – КОНСУЛТАНТСКИ УСЛУГИ: ГИ РАНГИРАМЕ КОМПАНИИТЕ СПОРЕД ПРИХОДИ, ДОБИВКА, БРОЈ НА ВРАБОТЕНИ... l КОИ СЕ СОПСТВЕНИЦИ НА НАЈГОЛЕМИТЕ РЕВИЗОРСКИ ДРУШТВА ВО ЗЕМЈАВА КАКО ФУНКЦИОНИРААТ КАНЦЕЛАРИИТЕ НА БРЕНДОВИТЕ ОД СВЕТСКАТА ‘ГОЛЕМА ЧЕТВОРКА’ РЕВИЗОРСКИ КУЌИ l КАКВИ СÈ УСЛУГИ НУДАТ РЕВИЗОРСКО КОНСУЛТАНТСКИТЕ КОМПАНИИ НА ПАЗАРОТ ПРЕДИЗВИЦИ ЗА СМЕТКО-ВОДСТВОТО, РЕВИЗИЈАТА И КОНСУЛТАНТСТВОТО ВО ДИГИТАЛНАТА ЕРА l МЕНАЏМЕНТ КОНСАЛТИНГОТ ВО ПОДЕМ ВО МАКЕДОНИЈА: КАКВИ ПРОБЛЕМИ НА БИЗНИСОТ РЕШАВААТ ОВИЕ ПРОФЕСИОНАЛЦИ

Повеќе информации во врска со прилогот и за претставување во истиот можете да добиете на е-мail: marketing@kapital.com.mk l gordana.mihajlovska@kapital.mk или на телефонскиот број ++ 389 2 3298 505

ЛИЦE ЗА КОНТАКТ:

ГОРДАНА МИХАЈЛОВСКА



www.kapital.mk

Капитал број 910 07.04.2017

48

ЛУЃЕ И КОМПАНИИ

РЕКОА ЗА...

УСПЕХОТ, НЕУСПЕХОТ И ГРЕШКИТЕ

Г

решките и неуспехот се значајни механизми за учење, особено во бизнисот. Многумина успешни претприемачи ќе ви кажат дека не стигнале до таму кај што се сега без да погодат неколку дупки и тумби-румби по патот.

Највредно нешто што може да направиш е грешка – не може да научиш ништо од тоа што си беспрекорен.

Успех е да имаш она што го сакаш. Среќа е да го сакаш она што го имаш.

АДАМ ОЗБОРН

креатор на првиот портабл компјутер

ДЕЈЛ КАРНЕГИ

американски автор и предавач

Кога времињата се тешки тогаш се појавуваат вистинските претприемачи.

Не секирај се за неуспехот; еднаш само треба да ја погодиш работава.

ДРУ ХЈУСТОН

ко-основач на Dropbox

РОБЕРТ КИОСАКИ

основач на Cashflow Technologies

Паѓај ппочесто, за да може да успееш поскоро.

Научив дека грешките често може да се добар учител исто како и успехот.

ЏЕК ВЕЛЧ,

поранешен шеф на General Electric

ТОМ КЕЛИ основач на Ideo



www.kapital.mk

Капитал број 910 07.04.2017

50

ЛИДЕРИ

КАТЕРИНА ФЕЈК ПРЕТПРИЕМАЧ И АНГЕЛ ИНВЕСТИТОР

СÈ Е ВО ЛУЃЕТО Луѓето кои почнуваат некој бизнис за да станат богати, никогаш нема да бидат среќни. Процесот на правење на нештата треба да ве прави среќни. Без разлика дали ќе успеете или нема да успеете во тоа што го работите.

Одбирате некој голем и амбициозен проблем, и потоа барате одлични луѓе кои можат да го решат. Искрено, се е во луѓето.

Многу често случајните проекти стануваат главен производ. Flickr и Twitter се одлични примери за тоа. Тие не беа главната работа на која работеа нивните тимови, но случајно излезе тие да ги дефинираат компаниите.

Технологијата се менува брзо. Она што сте мислеле дека функционира пред шест месеци, денеска е веќе застарено. Мора да бидете постојано будни за сите промени кои го менуваат светот, да бидете подготвени да се менувате и да не се врзувате премногу со тоа што го работите.

Влегувањето во нешто непознато ви овозможува да креирате нешто ново и иновативно.

Да се работи на вистинската работа е поважно отколку да се работи напорно.

Ниту една успешна компанија никогаш не била, ниту ќе биде производ само на еден човек.

Посветете повеќе внимание на социјалните интеракции во реалниот живот. Тоа многу ќе ви помогне за да изградите добар интернет сајт за социјални комуникации.

К

атерина Фејк е успешен претприемач и ангел инвеститор, иноватор и автор ... Досега таа има учествувано во основање на повеќе успешни стартапи, меѓу кои Flickr, познатиот сајт за споделување на фотографии, потоа во Hunch, Sesat School, Kahvila Silli. Таа е основач на Findery, а член е и во бордот на Sunddance фестивалот. Таа е позната и како автор и писател, ни по тоа што одлучила своите деца да ги образува сама, надвор од образовниот систем, што е законски дозволено во САД.




Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.