911 kapital magazin

Page 1

COVER STORY ЗАВИСНА ЕКОНОМИЈА ОД НЕИЗВЕСНА ПОЛИТИКА

БИЗНИС НА СТРАТЕШКО НИВО НАЈГОЛЕМИТЕ МАКЕДОНСКИ И СЛОВЕНЕЧКИ КОМПАНИИ НА СРЕДБА ВО СКОПЈЕ

Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

ПРЕЗЕМАЊА СВЕТОЗАР ЈАНЕВСКИ ЌЕ ИНВЕСТИРА 30 МИЛИОНИ ЕВРА ВО БИЗНИСОТ СО ПИВО ВО СРБИЈА

WWW.KAPITAL.MK

INTERVIEW

ИВАН ШТЕРИЕВ

главен извршен директор на Македонска берза

КОТИРАНИТЕ КОМПАНИИ УСПЕВААТ И ВО СЛОЖЕНИ УСЛОВИ ДА РАБОТАТ ПРОФИТАБИЛНО ОПЕРАЦИЈА ЗА СПАС НА ХРВАТСКИОТ ГИГАНТ ОД БАНКРОТ

ТОДОРИЌ СИ ОДИ,

ДРЖАВАТА ГО ПРЕЗЕМА АГРОКОР!

БРОЈ 911 | ЦЕНА 100 ДЕН. 14 АПРИЛ 2017 | ПЕТОК | ГОДИНА 18

ТРЕНДОВИ: СВЕТОТ ОНЛАЈН Е НОВАТА РЕАЛНОСТ



3

Капитал број 911 14.04.2017

СОДРЖИНА

08 04 PROFILE Околу што се сложија

САД и Кина за трговијата? Гигантите ја решаваат светската трговија

40 16 INTERVIEW ИВАН ШТЕРИЕВ

главен извршен директор на Македонска берза

Котираните компании успеваат и во сложени услови да работат профитабилно

06 НАВИГАТОР И ПОЛИТИКА Враќање кон “првата љубов“ 24 БИЗНИС Најголемите македонски на македонскиот бизнисмен Светозар Јаневски ќе ја оживува “Белградската индустрија за пиво“

08 Светска банка и ММФ COVER STORY

ги ревидираат надолу економските проекции за Македонија Зависна економија од неизвесна политика

ПОЛА ПРОЦЕНТ, ЧЕТВРТ ПРОЦЕНТ...

и словенечки компании на средба во Скопје

32 INTERVIEW ЧИНЦИА БРУНО

директор на Италијанска Агенција за промоција на надворешната трговија при Амбасадата на Р.Италија - ИЧЕ Скопје

БИЗНИС 36 БАЛКАН Тодориќ си оди, државата го презема Агрокор!

44 40 СВЕТ Енигмата на американскиот

напад врз сириската воена база Има ли нова „Трамп“ доктрина или се потврди ризикот од непредвидливоста на американскиот претседател?

44 ТЕХНОЛОГИЈА Прогнози за следните

три до пет години Светот онлајн е новата реалност

И КОМПАНИИ 48 ЛУЃЕ Рекоа за... промената 50 ЛИДЕРИ ЏЕК ДОРСИ извршен директор на Twitter

Успехот никогаш не е случаен

ШТЕРИЕВ

КАДЕ ОДИМЕ?

Порастот на економијата годинава ќе забрза до околу 3%, но само доколку политичката нестабилност се разреши во првата половина од годината со формирање на нова Влада, оценија меѓународните финансиски институции во своите пораки за Македонија изминатиот период. Светската банка во најновиот редовен економски извештај за Западен Балкан, проценува дека македонската економија годинава ќе оствари раст од 2,8%, но оваа проценка е ревидирана надоле за 0,5 процентни поени во споредба со проекцијата од минатата есен.

“Пред се, да бидеме пообјективни, потрпеливи и посистематични. Да прифатиме дека за некои работи треба повеќе време, а дека економијата и финансиските пазари се движат во циклуси со непредвидливо времетраење. Имено, динамиката на берзанското тргување кај нас, како што е општо познато, низа години по ред не е задоволителна. Сепак, слични се состо-јбите и на повеќето берзи во регионот на Југоисточна Европа, што покажува дека станува збор за општи состојби во земјите со сличен општествено - економски развој во историски контекст“, вели во интервјуто за Капитал директорот на Македонска берза, Иван Штериев.

Постојаниот развој на технологијата ги менува не само уредите што ги користиме, туку и начините на кои го организираме нашето секојдневие. Додека политичарите денес зборуваат за преместувањето на работните места, дигиталниот свет оди кон тоа да премести некои професии дури во Вселената. Годишниот извештај на консултантската компанија Gartner претстави десет главни прогнози за начините на кои технолошките иновации ќе ги променат општествените структури и обичаиво следните три до пет години. Визијата за иднината на Gartner се фокусира на взаемното дејство на луѓето и дигиталната средина секаде околу нив.

XX Стр. 8

XX Стр. 16

XX Стр. 44

Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје l Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31 l П. ФАХ 503, 1000 Скопје l Директор и одговорен уредник: Љупчо Зиков l Печати: Графички центар Скопје, ул. Скупи бб, 1000 Скопје l Тираж: 3.000 примероци l Датум на печатење: 13.04.2017


Капитал број 908 24.03.2017

www.kapital.mk

4

ОКОЛУ ШТО СЕ СЛОЖИЈА САД И КИНА ЗА ТРГОВИЈАТА?

ГИГАНТИТЕ ЈА РЕШАВААТ СВЕТСКАТА ТРГОВИЈА

Главната цел на претстојните стодневни преговори ќе биде како да се намали трговскиот дефицит на САД во однос на Кина, што во моментов е со вредност од 347 милијарди долари. А што и да се случи за време на преговорите меѓу САД и Кина, Европа треба да биде „на штрек“ и единствена, сметаат експертите за меѓународни трговски односи

ЕКСПЕРТИ: ДОДЕКА ЕУ Е ОБЕДИНЕТА НЕ ТРЕБА Д


www.kapital.mk

Капитал број 911 14.04.2017

С

PROFILE 5

Стодневен план за дејствување што треба да го подобри трговското салдо меѓу Кина и САД – ова беше главниот резултат од дводневната средба меѓу лидерите на двете држави, Доналд Трамп и Си Ѓинпинг, од крајот на минатата недела. Директни добитници од оваа зделка ќе бидат американските финансиски компании и производителите на телешко месо. Индиректна корист има за целата глобална економија – потенцијално разорната трговска војна меѓу првата и втората најголеми светски економии е избегната или барем одложена за сто дена. Но, во несигурната атмосфера создадена од тензиите САД - Кина, Европската унија не треба да останува пасивна, а треба да ги засили своите врски со Пекинг, за да создадат заедничка тампон-зона против протекционизмот на САД, сметаат европски експерти за меѓународни трговски односи.

Што ќе прават САД и Кина во следните 100 дена?

Сè уште недостасуваат детали во однос на конкретните елементи од претстојните стодневни преговори меѓу Пекинг и Вашингтон, но според учесници на првата средба на највисоко ниво, цитирани од Financial Times, главната цел на преговорите ќе биде како да се намали трговскиот дефицит во стоки на САД во однос на Кина, што во моментов е со вредност од 347 милијарди долари. Ова треба да вклучува отстапки од страна на Пекинг во неколку сектори – од земјоделскиот до финансискиот. Американскиот министер за финансии, Стивен Мнухин, и трговскиот секретар Вилбер Рос, минатиот петок пред новинари искоментираа дека нивните кинески колеги се сложиле двете страни да се стремат кон поизбалансирани трговски односи. Според двајцата, главен фактор за тоа се стравувањата на Кинезите за опасниот финансиски дисбаланс на втората најголема економија. Кина одржува високо ниво на заштеди (приватни и државни), кои од своја страна финансираат спорни инвестиции, како тие во имоти, на пример. Со години кинески и светски експерти предупредуваат за потенцијален „имотен меур“, што и се заканува на кинеската економија.

Отстапките на Кина

Ако зделката меѓу двете држави помине, кинеските власти ќе направат отстапки во однос на финансискиот сектор на САД. Во моментов странските инвеститори во државата не можат да поседуваат контролен пакет акции во кинеските осигурителни

компании и во такви што се занимаваат со управување на хартии од вредност. Според Financial Times, Кина покажала подготвеност да ја укине и забраната за увоз на телешко месо од САД, наложена во 2003 година, поради стравувања од зараза со болеста „луда крава“ меѓу американските животни. Глав ниот риз ик з а пр о паѓањ е на преговорите е претстојното објавување на шестмесечниот валутен извештај на американското Министерство за финансии, што може да му даде на Трамп „картбланш“ да ја обвини Кина за валутна манипулација и да воведе царини за увозот на стоки од Кина. Американскиот претседател не еднаш го обвинил Пекинг за „најголемата кражба во историјата“ поради наводното вештачко обезвреднување на кинеската валута, и се заканувал дека може да воведе 45% царина на увозот од Кина. Но, веројатно откако беше оценета како успешна билатералната средба, американската администрација нема да брза со слични дејства.

Какви ќе бидат последиците за Европа?

Што и да се случи за време на преговорите меѓу САД и Кина, Европа треба да биде подготвена, „на штрек“, и да биде единствена, сметаат експертите за меѓународни односи меѓу Кина и ЕУ. „Додека државите на ЕУ се обединети, тие ќе можат да го балансираат трговскиот дневен ред на Кина и на САД“, смета експертот за Кина од Европскиот совет за меѓународни односи, професор Франсоа Годмон. „Историски гледано, Кина прво се занимава со најсилниот противник. Ми се чини дека Кина си разменува убави приказни со ЕУ, за во случај да дојде до судир меѓу Пекинг и Вашингтон во однос на трговијата. Но,

ЕУ не треба да се залажува дека Кина би направила отстапки за ЕУ што не би им ги направила и на САД. Во моментот кога ќе се постигне зделка меѓу САД и Кина, ЕУ ќе остане на второ место за Пекинг. И тие ќе се обидат да ја ослабат и разделат Европа за да постигнат отстапки во билатералните договори со државите членки“, вели Годмон. Според експертот, пак, за меѓународни трговски односи од Центарот за европски политички истражувања од Брисел, Жак Пелкман, потенцијалот за создавање слободна трговска зона меѓу Кина и ЕУ станува поголем откако Трамп е на власт, но топката е сега кај Пекинг. „Кина има прекрасен нацрт на пазарно ориентирана реформа, но тој останува само на хартија. Секоја година Пекинг објавува книга со триста страници реформи. Ако само дел од нив се спроведат, тоа ќе отстрани огромни бариери пред склучувањето на трговски договор меѓу ЕУ и Кина“, вели Пелкман. Тој смета дека не ЕУ, а Кина треба многу да работи за да се изгради слободна за трговија зона меѓу двете држави. Според него ЕУ е не само отворена, туку и пазарна економија, за разлика од онаа на Кина. Потенцира дека има многу сектори во кои Кина наложува рестриктивни мерки, особено кај услугите. Пелкман смета дека за ЕУ би било најдобро во контекстот да го игнорира Трамп, зашто е доволно голема за да може да си го дозволи тоа. „ЕУ не го нервира Трамп, зашто нема голем трговски дисбаланс. Не „краде„ работни места од САД. Унијата треба да се фокусира на Кина и на источноазијците во целина, а да го остави Трамп да прави како што ќе одлучи“, вели Пелкман. nnn

ДА СЕ ПЛАШИ ОД ЗДЕЛКАТА САД-КИНА


www.kapital.mk

Капитал број 911 14.04.2017

6 НАВИГАТОР ИЗЈАВА НА НЕДЕЛАТА

МАКПРОГРЕС СО РЕКОРДНА П

> БРОЈКА

8,4%

повеќе одобренија за градба биле издадени во февруари во споредба со истиот месец лани

АЛЕКСАНДАР ВУЧИЌ

премиер на Србија

Од големо значење за сите на западниот Балкан е проблемот во Македонија да се реши по мирен пат, и се надевам дека со почитување на македонските закони проблемот ќе биде решен мирно.

Н

ајголемиот македонски извозник на кондиторски производи, Макпрогрес од Виница 2016 година ја завршил со рекордно производство и извоз, со што заокружил најдобра година од своето основање досега, истакнаа сопствениците на компанијата. “Лани произведовме 14.500 тони различни продукти, од кои 80% наменети за извоз, кој што беше за 6% повисок во однос на 2015 година“, рече главниот извршен директор на Макпрогрес, Глигор Цветанов. Тој пред присутните новинари по повод отво-

ВРАЌАЊЕ КОН “ПРВАТА ЉУБОВ“ НА МАКЕДОНСКИОТ БИЗ

СВЕТОЗАР ЈАНЕВСКИ САКА ДА 30 МИЛИОНИ ЕВРА ВО СРПСКИО

K

“Крај на пенливата сага: Планот на Македонецот – умира ли БИП?“ беше насловот на B92.net, еден од бројните српски медиуми што деновиве ја пренесоа веста дека македонскиот бизнисмен Светозар Јаневски, преку неговата компанија “М6 – Еден“ регистрирана во Србија, ја зема под закуп “Белградската индустрија за пиво - БИП“ за 912 илјади евра годишно, откако Одборот на доверители на компанијата ја прифати неговата понуда после две години превирања. Алузијата за згаснувањето на белградската пиварница чии корени се уште од 1839 година, а сега е под стечај, е веројатно заради тензиите што се кренаа во српската јавност околу вистинските намери на Јаневски во однос на компанијата: од тоа дека тој воопшто нема намера да се бави со производство на пиво, туку го интересира земјиштето на кое што е пиварницата, па до таму дека ќе гради нов капацитет во кој што не се знае дали ќе се произведуваат брендовите на БИП. Капитал упати неколку прашања до г-нот Јаневски за поконкретни информации околу неговите намери со БИП, но до моментот на затворање на овој текст не добивме

Откако излезе од сопственичката структура на Пивара Скопје и го купи и врати стариот сјај на Тиквеш, Јаневски повторно влегува во пиварскиот бизнис


www.kapital.mk

Капитал број 911 14.04.2017

7

ПРОДАЖБА ЛАНИ рениот ден за медиуми во фабриката, истакна дека во првиот квартал годинава вкупната продажба пораснала за 6,3% во однос на истиот период лани, што навестува уште една рекордна година. Од компанијата истакнаа и дека на домашниот пазар се бележи пад на продажбата од 2,8%, што според раководството се должи на намалената потрошувачка во земјава заради нестабилната политичка ситуација. Во Макпрогрес велат дека ќе продолжат агресивно да настапуваат на странските пазари, но и ќе стават поголем акцент на домашниот пазар со поголема маркетиншка присутност и подобрена комерцијална структура.

лидери

ЗНИСМЕН

ИНВЕСТИРА ОТ ПИВАРСКИ БИЗНИС Закупот на “Белградската индустрија за пиво“ е само меѓуфаза во планот чија крајна цел е изградба на сосема нов капацитет за производство на пиво, на нова локација одговори, па ги користиме неговите изјави за српските медиуми. Јаневски за Танјуг изјави дека не е заинтересиран за “освојување“ на недвижности и локации, туку дека во следниот период планира да вработи до 300 луѓе, да го обнови производството и да ги оживее брендовите на пиварницата. Всушност, во писмото за намери упатени во 2015 година до тогашниот министер за економија Жељко Сертиќ, Јаневски вели дека договорот за техничко – деловна соработка со БИП не е негова крајна цел, туку влегувањето во БИП е меѓуфаза кон сосема нов производен погон. “Тоа ќе биде нова и модерна гринфилд инвестиција на сосема нова локација, која што не е оптоварена со дубиози и судски спорови. За изградба и опремување ќе бидат потребни 30 милиони евра“, се вели во писмото за намери. Јаневски вели дека планот им е да вработат многу повеќе луѓе одошто тоа им е обврска со договорот за закуп, но дека тоа не може да се направи брзо, туку е неопходно да се изградат нови дистрибутивни центри и да се обнови соработката со старите партнери на БИП, како и да се најдат нови. Зборувајќи за малите акционери, како што ги нарече “опашки од минатото“, како и за долговите на БИП кон банките и државата, Јаневски кажа дека како закупец не може да се меша во капиталот на компанијата,

и не е надлежен да ги решава проблемите наталожени од претходните раководства што се однесуваат на малите акционери. БИП и должи на државата 25 милиони евра, а намерата на Јаневски и неговиот тим е да процени капацитетот на производните погони за да се внесе свеж капитал и осовремени идното производство. “Рентираме и инвестираме, тоа е нашата сегашна позиција. Прво мораме да ги решиме техничките прашања на терен, а после тоа ќе работиме на оживување на брендот и креирање на неколку дистрибутивни центри“, вели Јаневски, кој што очекува за десетина дена да го добие договорот од Одборот на доверители и да официјално да влезе во фабриката. Светозар Јаневски е познат како долгогодишен директор на Пивара Скопје, чии што мнозински пакет акции ги откупи заедно со уште неколку топ менаџери на компанијата во процесот на приватизација во 90-те. Подоцна дел од акциите беа продадени на Хајнекен – Кока Кола, за во 2011 година Јаневски целосно да излезе од сопственичката структура, продавајќи ги и преостанатите акции. Во меѓувреме, тој заедно со неговата инвестициска групација М6 го купи винарскиот комбинат Тиквеш, а го донесе и светскиот синџир за брза храна Мекдоналдс во земјава, кој што му ја одзеде лиценцата на Јаневски пред четири години.

nnn

ШЕРИЛ СЕНДБЕРГ

Главната “оперативка“ на Facebook соопшти дека стигнале до бројката од 5 милиони огласувачи на нивната мрежа

ЛИ КУН-ХИ

Samsung не може да постигне со преднарачки за S8 – само во Јужна Кореја се направени 550.000 за два дена

не им беше неделата

ИВО САНАДЕР

поранешниот хрватски премиер е осуден на 4,5 години затвор за корупција

АЛЕКСАНДАР ВУЧИЌ

Сè повеќе Срби протестираат против новоизбраниот претседател кој го обвинуваат за „диктатура“ и „изборна измена“


COVER STORY 8

СВЕТС ЕКОНО

www.kapital.mk

Капитал број 911 14.04.2017

COVER STORY

ЗАВИСНА ЕКО ОД НЕИЗВЕСН ПОРАСТ НА БДП 1,8%

2010

2,3%

2011

-0,5 % 2012

3,8%

3,7%

2,7%

2013

2,4%

2014

2015

2016

2,8%

2017*

Извор: Државен завод за статистика * Проценка на Светска банка


Капитал број 911 14.04.2017 www.kapital.mk СКА БАНКА И ММФ ГИ РЕВИДИРААТ НАДОЛУ ОМСКИТЕ ПРОЕКЦИИ ЗА МАКЕДОНИЈА 9

ОНОМИЈА НА ПОЛИТИКА Светската банка во најновиот редовен економски извештај за Западен Балкан, проценува дека македонската економија годинава ќе оствари раст од 2,8%, но оваа проценка е ревидирана надоле за 0,5 процентни поени во споредба со проекцијата од минатата есен. ММФ уште лани ја ревидираше проекцијата за економски раст од 3,5% на 3,2% за 2017 година, но шефицата на Мисијата на ММФ за Македонија, Џесмин Рахман, истакна дека оваа прогноза е со претпоставка за враќање на политичката стабилност и формирање на нова влада. Овие меѓународни финансиски институции проценуваат дека главниот ризик за изгледите за економскиот раст е дека продолжената политичка несигурност и понатаму ќе ја еродира довербата на потрошувачите и на приватните инвеститори и ќе ги одложи неопходните структурни реформи.


www.kapital.mk

Капитал број 911 14.04.2017

10 COVER STORY

пишува:

П

Александар Јанев

aleksandar.janev@kapital.mk

Порастот на економијата годинава ќе забрза до околу 3% но само доколку политичката нестабилност се разреши во првата половина од годината со формирање на нова Влада, оценија меѓународните финансиски институции во своите пораки за Македонија изминатиот период. Светската банка во најновиот редовен економски извештај за Западен Балкан, проценува дека македонската економија годинава ќе оствари раст од 2,8%, но оваа проценка е ревидирана надоле за 0,5 процентни поени во споредба со проекцијата од минатата есен. „Проекциите за растот се под претпоставка политичката несигурност да се разреши во почетокот на 2017 година што би ја подобрило довербата како на потрошувачите така и на приватните инвеститори“, пишува во Извештајот на Светска банка.

Потоа оваа меѓународна финансиска институција проценува дека „главниот ризик за изгледите е дека продолжената политичка несигурност и понатаму ќе ја еродира довербата на потрошувачите и на приватните инвеститори и ќе ги одложи неопходните структурни реформи. Надворешните ризици поврзани со забавувањето во Еврозоната, главниот трговски и инвестициски партнер, исто така претставуваат значителен ризик за економијата“. Загрижувачки е што Светска банка очекува политичките тензии во повеќе земји од Западен Балкан да продолжат и на среден рок. „Политичката несигурност што е резултат на тоа би можела да има макроекономски влијанија преку намалување на интересот на инвеститорите и зголемување на загриженоста за можните промени на политиките и за отпорот кон реформите поради лични интереси. Во Македонија, влијанијата на продолжената политичка криза и несигурноста поврзана со изборите веќе и се заканува на економијата“, оцени Светска банка. Шефицата на Мисијата на ММФ за Македонија, Џесмин Рахман, во своето интервју неодамна, исто така истакна дека Фондот одблиску ја набљудува ситуацијата во Македонија без оглед што не го продолжи мандатот на својот

претставник во земјата. Рахман посочи дека Македонија поминува низ период на неизвесност повеќе од две години а тоа има влијание врз довербата и растот, но и врз политичките одлуки. ММФ уште лани ја ревидираше проекцијата за економски раст од 3,5% на 3,2% за 2017 година, но Рахман, потенцира дека оваа прогноза е со претпоставка за враќање на политичката стабилност и формирање на нова влада. „Со продолжување на политичката несигурност, постојат значајни ризици за надолна линија“, вели Рахман. Таа истакна дека ММФ анализира неколку опасности за македонската економија од политичката нестабилност. „Македонија работеше многу напорно за да го изгради својот имиџ на земја со ниски трошоци и пријателски настроена кон инвеститори. Ова придонесе за значителни странски директни инвестиции со голем бенефит зa извозот. Инвеститорите не сакаат непредвидливост и политичка нестабилност. Постои ризик дека интересот на инвеститорите, вклучувајќи гo и оној на странските инвеститори би можел значително да се намали со продолжување на неизвесностите. Втора опасност е можното назадување во аспирациите на Македонија кон ЕУ. Станувањето дел од ЕУ е долгогодишна

ММФ ПРОГНОЗИРА: РАСТ ОД 3,2% АКО СЕ ФОРМИРА ВЛАДА


www.kapital.mk

Капитал број 911 14.04.2017

11 цел на земјата. Неуспехот да се одговори на главните реформи во институциите и управувањето може значително да го одложат постигнувањето на таквата цел“, истакна Рахман. Народната банка засега се уште ги анализира сите ризици, но се очекува новата проекција што ќе ги вклучува ефектите од продолжувањето на политичката нестабилност и неформирањето на влада, да ја објави до крајот на овој месец. Според последната проценка на Народната банка, македонската економија годинава се очекува да оствари раст од 3,5%, а тогаш гувернерот на Димитар Богов, изјави дека „ економијата може да се врати на патеката на забрзување на растот под услов да се врати политичката стабилност“. „Тоа е всушност и основната претпоставка од која тргнува Народната банка во својата проценка. Носители на растот ќе бидат извозот и инвестициите а свој придонес ќе даде и личната потрошувачка. Евентуалното продолжување на политичката нестабилност ќе ги доведе во прашање ваквите позитивни очекувања“, истакна гувернерот Богов пред крајот на

минатата година. Економските експерти исто така сметаат дека политичката криза и поврзаните негативни рефлексии ќе имаат силно влијание врз економијата, a политичката и правната несигурност се главните ризици. “Интензитетот на кризата би можел да се засили особено пред претстојните локални избори. Буџетот тешко веројатно е дека ќе се реализира според планот. Ова се однесува како на планираниот буџетски дефицит и капитални расходи, така и на планираните буџетски приходи”, смета Павле Гацов, претседател на Здружение на даночни советници. Најголемите ризици за работењето македонските бизнисмени ги гледаат во пролонгирањето на домашната политичка криза и за сложените услови за извоз заради неизвесните геополитички процеси. Според Гацов, поради миксот од негативни политички потези и консеквентно на тоа лоши макроекономски последици, годинава ќе биде тешка за македонските компании. “Политичките влијанија ќе ги заобиколат странските и особено ТИРЗ компаниите кои функционираат според посебни

правила на игра. Нивниот раст главно ќе зависи од актуелниот тренд на движење на европската економија. За останатите, и понатаму ќе останат проблемите со неликвидноста, дезинвестирањето, одливот на квалитетна работна сила надвор од земјата односно во ТИРЗ компаниите, високите парафискални давачки по разни основи, итн..”, вели Гацов. И големите и малите фирми го делат истиот став дека политичарите мора да најдат начин да ја прекинат оваа неизвесност, од која најголем губитник е бизнисот, и да ги стават економијата и реформите во фокусот на своето работење. Ванчо Чифлиганец, генералниот директор на градежната компанија Адора смета дека ако продолжи неизвесноста во Македонија, не може да се биде оптимист дека нешто ќе се промени на економски план во позитивна насока. “Прашање е ако се задржи овој амбиент во државата, дали економијата ќе може да се одржи на сегашното ниво или таа ќе опаѓа во периодот што следи? Адора инженеринг во своето работење ја чувствува неизвесноста што трае подолго време во Македонија и со


www.kapital.mk

Капитал број 911 14.04.2017

12 COVER STORY

В

З

емјата поминува низ период на неизвесност повеќе од две години. Ова има влијание врз довербата и растот, но и врз политичките одлуки. За 2017 година, ММФ предвидува нагорен раст пд 3,2% со претпоставка за враќање на политичката стабилност и формирање на нова влада. Но, со продолжување ЏЕСМИН на политичката несигурност, РАХМАН постојат значајни ризици за шеф на Мисијата на надолна линија. Инвеститорите ММФ за Македонија не сакаат непредвидливост и политичка нестабилност. Постои ризик дека интересот на инвеститорите, вклучувајќи гo и оној на странските инвеститори би можел значително да се намали со продолжување на неизвесностите.

максимална ангажираност и натчовечки напори на целиот тим вработени се труди компанијата да опстојува и натаму”, вели Чифлиганец. “Бизнисот ја плаќа најголемата цена во вакви околности, инвестициите и растот се забавени и намалени. На домашниот пазар очигледно дека ќе биде многу лошо ако вака продолжи политичката криза и ние мораме да одиме на други пазари, во регионот, Европа, итн. Меѓутоа, тоа премостување не е баш така лесно и брзо, и за да може да го направиме ќе мора да работиме 150% за оствариме 100% од минатата година”, вели Трајан Ангелоски, сопственик на Ариље Метал. Од компанијата Микросам од Прилеп, која е целосно извозно ориентирана велат дека политичката криза не влијае значајно во делот на потпишувањето на договорите со странските партнери, иако некои од нив се интересираат и прашуваат за ситуацијата во земјата. “Меѓутоа, внатрешно за во Македонија гледаме дека има одредени проблеми со ликвидноста меѓу компаниите, и еден вид на летаргија кај администрацијата”, велат од Микросам.

Политиката ја издиша економијата и во 2016 година

Политичката несигурност го зема данокот на растот во 2016 година, забавувајќи го од 3,8% во 2015 на 2,4%

ЕЛЕН ГОЛДСТАЈН

директор на Светска банка за Западен Балкан

о Македонија, влијанијата на продолжената политичка криза и несигурноста поврзана со изборите веќе и се заканува на економијата. Проекциите за растот од 2,8% се под претпоставка политичката несигурност да се разреши во почетокот на 2017 година што би ја подобрило довербата како на потрошувачите така и на приватните инвеститори. Главниот ризик за изгледите е дека продолжената политичка несигурност и понатаму ќе ја еродира довербата на потрошувачите и на приватните инвеститори и ќе ги одложи неопходните структурни реформи. Надворешните ризици поврзани со забавувањето во Еврозоната, главниот трговски и инвестициски партнер, исто така претставуваат значителен ризик за економијата.

лани. Според анализите на Светската банка, растот главно го движеше потрошувачката на домаќинствата која придонесе со 3 процентни поени поддржана од сè поголемата вработеност, плати, пензии и кредити за населението. Релативно непроменетата владина потрошувачка придонесе во растот со само 0,2 процентни поени. Загриженоста околу политичката ситуација влијаеше врз инвестициите кои забележаа пад за 4,3% од 2015 година и одземаа 1,4 процентни поени од растот во 2016 година и покрај значителните јавни инвестиции во патишта. Нето извозот додаде 0,7 процентни поени на растот, поддржан од солидниот извоз особено од странските фабрики што работат во технолошко индустриските развојни зони, и од растот на информатичките и на транспортните услуги. Растот во 2016 главно беше движен од градежништвото, додека се намалија резултатите на преработувачката индустрија. Градежништвото порасна за 18,5% на годишно ниво и придонесе во растот со 2 процентни поени, главно поддржано од трите јавно финансирани проекти за автопати. Но, индустриското производство се намали за 2,2%, одземајќи 0,2 процентни поени од растот бидејќи потрадиционалните домашни индустрии, кои сочинуваат повеќе од половината од индустриското производство, забележаа пад во

споредба со 2015 година, особено рударството, прехранбената индустрија, текстилната индустрија, снабдувањето со електрична енергија и со гас и производството на основни метали и неметални минерални производи. Светска банка во Редовниот економски извештај за земјите од западен Балкан анализира дека и во 2016 година продолжила да опаѓа невработеноста во Македонија, но како резултат на фискалните интервенции за отворање работни места и на намалувањето на учеството во работната сила. Во 2016 година невработеноста падна за 2,1% на годишно ниво со голем удел на нето отворените работни места поврзани со владините програми за стимулирање на вработувањето. Просечната стапка на невработеност на крајот на 2016 година беше 23,7%. „И покрај владините стимулации особено за вработување на младите лица, главно во форма на ослободување од социјални придонеси, во оваа група невработеноста се зголеми од 47,4% во 2015 на 48,3%. Од сите возрасни групи, младите се единствената чие учество во работната сила опаѓа од 2012 година наваму. Долготрајната невработеност останува висока со 81% од сите невработени“, пишува во Извештајот на Светска банка. Во 2016 година се намали фискалниот дефицит главно поради недоволното извршување на капиталните расходи.



www.kapital.mk

Капитал број 911 14.04.2017

14 COVER STORY

Дефицитот се намали на 2,6% од БДП што е значително помалку од објавените 4% во вториот ребаланс на буџетот. „Ова намалување главно е поврзано со ниското извршување на капиталните расходи во контекстот на продолжениот изборен циклус. Промената на составот го прави буџетот помалку одржлив: значителното неизвршување на капиталните расходи сега се комбинира со тековните расходи што надминуваат 90% од вкупните јавни расходи“, проценува Светска банка. Јавниот долг и понатаму се зголемуваше во 2016 година, движен од кредитите и гаранциите за претпријатијата во државна сопственост. Со издавањето на еврообврзницата во износ од 450 милиони евра, но и поради забрзаното темпо на изградбата на двата автопати се зголеми и гарантираниот долг. Така, јавниот и јавно гарантираниот долг

во 2016 година достигна 47,7 % од БДП (од кои 8,7 процентни поени се гаранции за кредити), споредено со 46,4% во 2015 година. ММФ, пак, во врска со јавниот долг искажа загриженост за неговиот брз раст. „Јавниот долг како дел од БДП се искачи од 23% пред глобалната финансиска криза на проценети 46% во 2016 година. Ова е двојно зголемување за период од 8 години. Најголемиот дел од ова зголемување се должи на зголемени тековни трошења наспроти капиталните трошења кои влијаат врз зголемувањето на потенцијалниот раст на една земја. Затоа нашата загриженост е во врска со неговиот брз раст и начинот на користење“, истакна Рахман, и додаде дека не постои универзално договорен безбеден праг на задолжување за сите земји, па дури ниту за сите земји во

развој. „Мора да се користат голем број на проценки за да се одлучи кој е оној праг што е прифатлив за конкретна земја. Темпото на акумулирање на долговите и употребата на ресурсите, што јас веќе ги споменав, се две компоненти. Во однос на вкупната граница, аналитичките и споредбените студии помеѓу земјите укажуваат дека прудентниот опсег на јавниот долг за економиите на земјите во развој е околу 50-60 проценти од БДП. За Македонија, го препорачуваме долниот праг на овој опсег имајќи го во предвид режимот на фиксен девизен курс и идните фискални обврски кои произлегуваат од стареењето на населението и потребите за инвестиции во инфраструктурата“, истакна Рахман.

nnn

СВЕТСКА БАНКА ЈА НАМАЛИ ПРОЕКЦИЈАТА ЗА РАСТ ОД 3,3% НА 2,8%



16 INTERVIEW Капитал број 911 14.04.2017

www.kapital.mk

ИНТЕРВЈУ

ИВАН ШТЕРИЕВ ГЛАВЕН ИЗВРШЕН ДИРЕКТОР НА МАКЕДОНСКА БЕРЗА

КОТИРАНИТЕ КОМПАНИИ УСПЕВААТ И ВО СЛОЖЕНИ УСЛОВИ ДА РАБОТАТ ПРОФИТАБИЛНО


www.kapital.mk

Капитал број 911 14.04.2017

17 На 21 април во Охрид се одржува 18 по ред конференција на Македонската берза, на која покрај стандардните теми, ќе се зборува и за некои навистина нови трендови – евентуалната трансформација на бизнис моделот на берзите како место за финансирање (financing hub) не само на акционерските друштва, концептот и иднината на т.н. платформи за колективно финансирање (crowdfunding), влијанието на новите технологии во финансискиот сектор (со акцент на т.н. blockchain технологијата), како и дигитализацијата на седниците на одборите и собранијата на акционери разговара:

Александар Јанев

aleksandar.janev@kapital.mk

XГ-не X Штериев, како ја оценувате состојбата на Македонската берза сега и колку сте задоволни од динамиката на тргувањето со хартии од вредност? Во првиот квартал од 2017 година динамиката на тргувањето со хартии од вредност на сите пазарни сегменти е изненадувачки добра, особено доколку се има предвид севкупниот амбиент во кој функционира Берзата, односно негативното влијание на пролонгираната и заострена политичка криза. Вкупниот квартален берзански промет по сите основи изнесува околу 16,8 милиони евра, што претставува втор најдобар прв квартал во последните пет години. Дополнително, доколку се исклучи прометот од блок трансакции и т.н. аукции на големи пакети, прометот преку БЕСТ системот (класичното тргување како најрелевантен берзански показател) во висина од 11,7 милиони евра е најголемиот берзански промет регистриран во првите квартали од 2013 година наваму. Истовремено, продолжува и позитивниот ценовен тренд. Главниот берзански индекс МБИ10 во 2016 година порасна за повеќе од 16%, а во 2017 година, поточно до 7 април, за дополнителни 6,2%. XКолку X берзанските движења после првиот квартал влеваат надеж за поголем раст на пазарот на капитал годинава? Статистички, резултатите од берзанското тргување во првиот квартал се охрабрувачки. Несомнено, може да се идентификуваат определени позитивни трендови, но сето тоа сепак сè уште е доста фрагилно,


www.kapital.mk

Капитал број 911 14.04.2017

18 ИНТЕРВЈУ имајќи го предвид неекономското окружување. Останува да се види каков ќе биде развојот на настаните во преостанатиот дел од годината. Што се однесува до можните објаснувања на ваквиот тренд – тоа се секако добрите финансиски резултати на котираните компании во 2016 година (при што котираните банки и тоа како отскокнуваат), предвечерието на дивидендната сезона, уште од минатата година започнатата тенденција на дистрибуција на дивиденди и од старите акумулирани добивки во компаниите, многу ниското ниво на каматни стапки, влијанието на сличните трендови на другите регионални пазари што влијаат на однесувањето на домашните инвеститори итн. Еве, да илустрираме поконкретно. Во јануари, за прв пат после 2007 година, извршивме прием на нова членка на Македонската берза и сега тој број изнесува единаесет. Досега околу петнаестина котирани друштва ги објавија дивидендите врз основа на остварените добивки од минатата година (некои се веќе и потврдени на собранијата на акционери), а дивидендниот принос што тие го носат (соодносот на дивидендата по акција со цената по акција на денот на објавување на дивидендата) се движи во рамки од 5-10%. Тоа е сосема задоволителен принос за инвеститорите во сегашни услови. Понатаму, деновиве сме сведоци дека конечно го дочекавме и формирање на првиот македонски индексен фонд којшто ќе биде врзан со движењето на МБИ 10 и ќе ја реплицира неговата структура. Ова е многу значаен настан, особено што друштвото за управување што го лансираше фондот веќе успешно прибра околу 1 милион евра што е неколку пати повеќе од законскиот минимум. Значи, доколку ја екстраполираме динамиката на прометот и настаните во првото тромесечие, може да се очекува 2017 година да донесе и квантитативно и квалитативно подобрување на состојбите. Помалку изненадувачки, но домашните инвеститори како да стануваат резистентни на политичката криза, можеби токму поради нејзината долготрајност. Но, од друга страна, апетитот за прифаќање поголеми ризици сепак е минимален или целосно хиберниран кај многу инвеститори, а веројатноста некои настани да тригерираат поизразена пазарна волатилност и спротивни трендови е перманентна закана. Оттука, освен фундаменталните индикатори поврзани со финансиските инструменти што се тргуваат на нашата Берза, јасно е дека неекономските фактори ќе имаат силно влијание на одлуките на инвеститорите поради што се можни секакви поекстремни изненадувања – и позитивни и негативни. Некаков позитивен расплет на кризата можеби дури би имал и поголем импакт од аспект на маргинално зголемување на берзанската динамика во секој поглед. XКако X ги оценувате резултатите од работењето на котираните компании лани, особено што бизнисот работи во услови на политичка неизвесност веќе подолг период?

Од неодамна објавените неревидирани финансиски извештаи за 2016 година, може да се види дека 106 котираните друштва на Берзата оствариле агрегирана нето добивка по оданочување во износ од 167,4 милиони евра, што претставува значајно зголемување од околу 36% во однос на 2015 година. Од овие 106 друштва, 85 друштва оствариле добивка. Вкупно остварената добивка на овие 85 друштва во 2016 година изнесува 184,7 милиони евра што споредено со претходната година претставува зголемување од 21,1%. Анализирано по сектори, најголема нето добивка оствариле банките со вкупен износ од 86,1 милиони евра (8 банки со вкупно годишно зголемување на добивката од 41,4%). Котираните компании од секторот индустрија оствариле кумулативна нето добивка од околу 21 милион евра (34 друштва, односно зголемување од 87%), друштвата од услужниот секторот добивка од 19,9 милиони евра (15 друштва, со намалување за 16,19%), трите котирани друштва во секторот фармација оствариле профит од 13,8 милиони евра (зголемување од 11,2%). Најголемо зголемување на профитот во 2016 година од 7,6 пати во однос на 2015 година забележаа друштвата од секторот трговија со нафтени деривати кои остварија вкупен профит од 11,8 милиони евра. Единствено котираните друштва од секторот трговија оствариле агрегирана загуба од околу 193 илјади евра. Котираните компании кои се членки на МБИ 10 индексот, коишто во 2016 година претставуваа околу 55% од вкупниот берзански промет, остварија вкупна нето добивка од 124 милиони евра, што претставува зголемување од 20,8% во однос на 2015 година или 67,3% од вкупно остварените добивки на сите котираните друштва. Овие резултати, сами по себе, говорат дека најголем дел од котираните компании успеваат и во овие сложени услови на работење да најдат начин како да работат профитабилно. Тоа би требало да биде стимулативно за инвеститорите во хартии од вредност, особено во услови на вака ниски каматни стапки. Бездруго, на ваквата оценка големо влијание има фактот што нашата берза е „најбанкарска“ во регионот (има најмногу котирани банки, коишто како сектор работат одлично), како и дека на берзанската понудата има неколку добро етаблирани компании кои имаат цврста пазарна позиција дома, а неколку од нив и во странство. За дополнителен развој на домашниот пазар на хартии од вредност, секако, само ова не е доволно на долг рок, но тоа е сосема друга тема. Како и да е, перформансите на котираните компании во 2016 се навистина задоволителни. Ќе видиме како ќе се развиваат работите во текот на 2017 година. XКолку X политичката криза и неизвесноста околу формирањето на влада влијаат на берзата, особено на интересот на странските инвеститори за домашни хартии од вредност? Каков е интересот,

пак, на регионалните инвеститори за домашните акции и обврзници? Кои се според обемот на тргување, најатрактивни акции за нив? На овој план, за жал, не може да се пофалиме. Повеќе години по ред берзанската статистика бележи континуиран одлив на странските инвеститори од нашиот пазар. Оттука, и ниските апсолутни нивоа на берзанските промети. Во првиот квартал на куповната страна од берзанскиот промет само 3,7% се странци, а на продажната 8,1%. За илустрација, минатата 2016 година овие податоци беа околу 10% на куповната, а нешто над 24% од продажната. Очигледно негативните ефекти од неизвесноста на политичката сцена многу повеќе се рефлектираат во однесувањето на странските инвеститори и на генералната атрактивност на македонските хартии од вредност за нив. Особено што политичката неизвесност се надоврза на претходната долгогодишна пазарна хибернација предизвикана од светската финансиска криза. Сега се соочуваме со повеќеслоен проблем на овој план. Регионалните инвеститори кои порано беа присутни на нашиот пазар се оптоварени со претходните лоши искуства од берзанскиот крах. Во Словенија, на пример, некои фондови дури се рекламираа дека тие не вложуваат на Балканот, како нивна предност... Оние, пак, инвеститори што начелно се окуражија во меѓувреме сега ги одвраќаат неекономските ризици. За странските инвеститори вон од регионот македонскиот пазар никогаш и не бил на нивниот радар, а многу од нив ги користат токму поголемите регионални финансиски институции како влезна врата за Југоисточна Европа, во најмала рака како старатели или обезбедувачи на анализи за регионалните компании. За овие состојби да се променат суштински ќе треба повеќе позитивни работи да се случат истовремено. Во меѓувреме, намалувањето на странските инвеститори во вкупниот куповен промет природно значи зголемување на релативното учество во прометот на домашните инвеститори. Најголемо процентуално учество последните пет години имаат домашните правни лица и нивното учество на куповна страна се движи во рамките од 50 до 66%, додека учеството на домашните физички лица се движи во рамки од 21 до 46%. Евидентно е зголемувањето на домашните физички лица во берзанскиот куповен промет во последно време (2015, 2016 и првите три месеци од 2017 година) кога истите учествуваат со околу 28, 36 и 46% респективно. Исто така, во истиот период се забележува и маргинално зголемување на процентот на учество на домашните физички лица на продажна страна за околу 9, 5 и 15%, соодветно. Оттука, може да се заклучи дека периодот на инвестирање кај домашните физички лица е краток и дека мотивот е пред се искористување на можноста за остварување на краткорочни капитални добивки. Ова, секако, може да има свои последици на осцилаторноста на пазарот. Како и да е, според најновите податоци од

ТРЕНД: ДОМАШНИТЕ ИНВЕСТИТОРИ КАКО ДА СТАНУВААТ РЕЗИСТЕНТНИ НА П


www.kapital.mk

Капитал број 911 14.04.2017

19

Деновиве сме сведоци дека конечно го дочекавме и формирање на првиот македонски индексен фонд којшто ќе биде врзан со движењето на МБИ 10 и ќе ја реплицира неговата структура. Ова е многу значаен настан, особено што друштвото за управување што го лансираше фондот веќе успешно прибра околу 1 милион евра што е неколку пати повеќе од законскиот минимум. ЦДХВ за вкупниот капитал на сите котирани акции на Берзата, странските инвеститори с’ уште учествуваат со 36,7%, а во капиталот на најликвидните акции, кои се составен дел од МБИ 10, во првиот квартал оваа година на овој план нема некои позначителни промени и овие нивоа се стагнантни. Кај државните обврзници учеството на странците како иматели на овие инструменти е безначајно и е под 0,1%. Иницирањето и отпочнувањето на СЕЕ Линк платформата беше направено токму да ги катализира овие текови на странски портфолио инвестиции. XКолку X сте задоволни од функционирањето на платформата СЕЕ Линк преку која Македонската берза се поврза со останатите берзи од регионот? Колкав е интересот на македонски инвеститори за акции и обврзници од регионот? Во кои земји вклучени во платформата најмногу

вложија македонските инвеститори досега? Какви се плановите за развојот на СЕЕ Линк? СЕЕ Линк е долгорочен и стратешки проект. Деновиве одбележуваме една година откако оваа платформа за пренасочување налози стана функционална. На почетокот, како што е познато, беа вклучени три берзи – Македонската, Бугарската и Загребската, а од декември минатата година ни се придружија уште две – оние од Белград и Љубљана. Моментално преговараме и со берзите од Подгорица, Сараево, Бања Лука, Атина и Букурешт. Многу е веројатно дека барем уште неколку од наброените берзи ќе станат дел од СЕЕ Линк до крајот на 2017 година. Моментално преку СЕЕ Линк платформата на располагање за тргување се 585 хартии од вредност, со пазарна капитализација од над 38,5 милијарди долари, а во платформата се приклучени вкупно 30 банки и брокерски

куќи, односно 84 индивидуални брокери, од четири земји (се уште нема од Словенија). Од овие 30 СЕЕ Линк членки, 15 имаат склучено т.н. меѓуброкерски договори кои се предуслов за тргување преку платформата на други пазари. Засега, трансакциите преку платформата се спорадични, но објективно ова не изненадува. Неколкуте трансакции иницирани од македонските брокери вредносно гледано најмногу се насочени кон хрватските хартии од вредност, но се уште е рано за какви било поиздржани заклучоци на овој план. Поврзувањето на берзите во регионот е многу сложен проект и извесно е дека ќе претставува долгорочен процес. Ваквото поврзување со години наназад се бараше од берзите, како од страна на брокерите, така и од страна на пошироката инвеститорска јавност. Со голема посветеност на берзите – иницијални основачи и стратешка и финансиска поддршка од ЕБРД ваква инфраструктура

ПОЛИТИЧКАТА КРИЗА, МОЖЕБИ ТОКМУ ПОРАДИ НЕЈЗИНАТА ДОЛГОТРАЈНОСТ


www.kapital.mk

Капитал број 911 14.04.2017

20 ИНТЕРВЈУ е создадена. Сега бизнис заедницата треба да премине од зборови на дела. Секако, ние како берзи и понатаму нема да бидеме пасивни. Напротив, ќе преземеме се што е во наша моќ градуелно да се зголемува ликвидноста и бројот на трансакциите преку СЕЕ Линк платформата, да ги решаваме и отстрануваме пречките за поефикасно и полесно прекугранично порамнување и да ја зголемуваме видливоста на платформата (на регионот како целина и на сите поединечни национални пазари) преку редовни заеднички конференции и роуд шоа. Во таа насока, токму оваа недела ја одржавме првата меѓународна СЕЕ ЛИНК конференција во Белград каде беа претставени 15-те најликвидни акции на 5-те берзи од СЕЕ ЛИНК регионот, а присутни беа 50-тина брокери од 32 различни брокерски куќи и банки. Она што мора да се нагласи е дека успехот на СЕЕ Линк платформата ќе зависи примарно од интересот, проактивноста и ефективноста на продажните техники на финансиските посредници и нивната проценка дали можат и смеат долгорочно да се потпрат единствено на плитките домашни пазари, односно дали супститутот го гледаат и во регионалните пазари. Кога ќе се потрошат средствата од грантот од ЕБРД ќе се отвори и прашањето за понатамошно финансирање на платформата кога, според наше мислење, дополнително ќе се профилираат субјектите кои ќе бидат главни драјвери на СЕЕ Линк среднорочно. XСледната X недела се одржува годишната конференција на Македонската берза. Какви се очекувањата од конференцијата, на кои прашања може да се очекуваат одговори од финансиските аналитичари што ќе учествуваат? Како што е познато, Берзата е конзистентна во нејзините настојувања редовно да иницира дискусии во јавноста за актуелни теми и новини поврзани со различни аспекти од функционирањето на пазарот на капитал. Во тој контекст, идната недела ќе се одржи традиционалната годишна конференција на Македонската берза, осумнаесета по ред. Се надеваме дека местото на одржување на конференцијата, односно промената на локацијата, од Скопје повторно во Охрид, значи одредена симболика, со оглед на тоа што поради кризата неколку години по ред Охрид беше не толку лесно остварлива опција за добар дел од потенцијалните учесници. Сметаме дека на учесниците на овогодишната конференција им нудиме интересна програма, презентери и панелисти. Планираме да дискутираме како за определени, така да кажам, стандардни теми (како компаниите ја гледаат својата перспектива наспроти акционерството како облик на организациска форма на бизнисот, какви услуги и новитети нуди фондовската индустрија во регионот и кај нас), но и за некои, за нас, навистина нови трендови – евентуалната трансформација на бизнис моделот на берзите како место за финансирање (financing hub) не само

на акционерските друштва, концептот и иднината на т.н. платформи за колективно финансирање (crowdfunding), влијанието на новите технологии во финансискиот сектор (со акцент на т.н. blockchain технологијата), како и дигитализацијата на седниците на одборите и собранијата на акционери. Деталите и агендата на конференцијата се достапни на нашата веб страница и ги повикувам сите заинтересирани да ни се придружат на 21 април во Охрид. XВеќе X неколку години по ред на конференцијата, ја доделувате наградата за најтранспарентни компании. Колку според Вас компаниите ја зголемуваат транспарентноста во известувањето низ годините? Оваа година наградата „Кристално ѕвоно“ за најтрансапрентното котирано акционерско друштво во Република Македонија ќе се додели по десетти пат. Досега добитници на оваа награда се само две компании – Алкалоид пет пати и Комерцијална банка четири пати. Имајќи предвид дека станува збор за десетто јубилијено доделување на наградата, а со цел уште поголема објективност и инволвирање на повеќе релевантни преставници во изборот и вклучување на пошироката инвестициска јавност, Берзата направи измена во начинот и постапката за избор на добитникот на оваа награда. Базично, по фазата не елиминација во која комисија од претставници на Берзата, брокерите, друштва за управување со инвестициски фондови и стручната јавност вршат селекција на 10 компании, се спроведува on-line Интернет анкета во форма на прашалник која се дистрибуира до три целни групи на оценувачи - пошироката инвестициска јавност (преку гласање на веб страната на Берзата), одбрани дваесет медиуми и професионалните финансиски посредници (11 членки на Берзата, 5 друштва за управување со отворени инвестициски фондови и 2 приватни пензиски фондови. Првите три друштва со најголем број на бодови, според соодветна методологија, ќе ј а д о б и ј а т год и ш н а та н а г р а д а „Кристално звоно” за прво, второ и трето најтранспарентно котирано акционерско друштво на Македонската берза за 2016 година, а доделувањето на наградата ќе се изврши на претстојната берзанска годишна конференција. Табелата со збирните бодови за сите друштва јавно ќе се објави на веб страната на Берзата како ранг листа на 10-те котирани друштва кои биле оценувани, како приказ за тековната состојба и поттик за останатите котирани друштва во насока на зголемување на нивото на транспарентност. Инаку, општата оценка во доменот на транспарентноста на работењето на котираните друштва и понатаму е дека нивото на обелоденување на финансиските извештаи на компаниите е одлично, но дека во делот на објавувањето на т.н. нефинансиски ценовно чувствителни информации постои значаен простор за подобрување. Овој сегмент на однесувањето

на нашите акционерски друштва мора да се разгледува низ една широка призма на спроведените процеси на законски задолжителна котација и немањето на суштински долгорочен економски интерес од транспарентното работење, ниското ниво на едукација во областа на односи со инвеститори и непрепознавање на можноста за промоција на бизнисот на компаниите на овој начин, преовладувачкиот менталитет, потенцијалните бенефити или трошоци од транспарентното работење во тековното окружување, како и традиционалниот страв од разводнување на сопственоста и непријателски превземања. На пример, да не биде дека само генерализираме, да посочиме дека ниту една котирана компанија суштински гледано нема до крај професионален и системски пристап во делот на проблематиката на односи со инвеститорите, кај многу од нив оваа област се управува од несоодветни лица или единствено под принуда од регулаторот или Берзата, а обуките во рамките на нашиот Тренинг центар поврзани со овие теми воопшто не привлекуваат внимание. XОчекувате X ли после сите мерки, вклучувајќи ја задолжителната котација и поврзувањето со берзите од регионот, конечно повеќе да се заживее пазарот на капитал во Македонија? Што треба уште да се направи за да се случи тоа? Пред се, да бидеме побјективни, потрпеливи и посистематични. Да прифатиме дека за некои работи треба повеќе време, а дека економијата и финансиските пазари се движат во циклуси со непредвидливо времетраење. Имено, динамиката на берзанското тргување кај нас, како што е општо познато, низа години по ред не е задоволителна. Сепак, слични се состојбите и на повеќето берзи во регионот на Југоисточна Европа, што покажува дека станува збор за општи состојби во земјите со сличен општествено-економски развој во историски контекст, а не за некои специфични состојби поврзани само со Република Македонија. Влезени сме во нова реалност и тоа ќе потрае. Таа подразбира раскрстување со некои минати идеали, таргети и очекувања, идентификување на објективните можности во сегашноста и среднорочната иднина и соодветно дизајнирање на плановите и основните насоки на дејствување. Едноставно мора да го акцептираме создаденото специфично однесување на домашните компании (од сите видови организациски форми) во однос на пазарот на капитал, приоритетите и дејствувањето на домашните финансиски посредници, активноста на домашните и странските индивидуални и институционални инвеститори, односот на регулаторните институции, фокусот на медиумите итн. Во периодот за време на финансиската криза и последователните негативни ефекти што ги почувствуваа сите регионални берзи одговорот на прашањето која е оптималната развојна стратегија за овие мали берзи

ШТЕРИЕВ: НЕЕКОНОМСКИТЕ ФАКТОРИ ЌЕ ИМААТ СИЛНО


www.kapital.mk

Капитал број 911 14.04.2017

21

Во изминатата 2016 година котираните 106 друштва на Берзата оствариле агрегирана нето добивка по оданочување во износ од 167,4 милиони евра, што претставува значајно зголемување од околу 36% во однос на 2015 година. Од овие 106 друштва, 85 друштва оствариле добивка. Вкупно остварената добивка на овие 85 друштва во 2016 година изнесува 184,7 милиони евра што споредено со претходната година претставува зголемување од 21,1%. во новиот неповолен пазарен амбиент воглавно се сведуваше на залагањето да се стане дел од некоја помоќна берзанска алијанса. Таков обид направи и Македонска берза. Сепак, се покажа дека ова беа преоптимистички очекувања, дека промената на сопственоста и начинот на управување на пазарните оператори не е пресудно за зголемување на атрактивноста на овие пазари на хартии од вредност и зголемување на бројот на финансиски

инструменти, повисока ликвидност и подобри промети. Алтернативата што им преостанува на малите регионални берзи е во наредниот период да се обидат да опстојат и да се развиваат самостојно, водејќи сметка за строга контрола на оперативни трошоци, истовремено обидувајќи се да изградат постабилни прекугранични линкови со соседните пазари и заедно да ја зголемат визибилноста и атрактивноста на целиот регион како за локалните, така

и за меѓународните инвеститори. Тоа, впрочем, беше основната мотивацијата и суштината на концептот на којшто се базира СЕЕ ЛИНК. Случувањата на регионалните берзи во последните години уште еднаш го потврдија правилото дека, сепак најголем дел од тргувањето со определен финансиски инструмент се одвива токму на пазарот во земјата од која потекнува емитентот на тој инструмент, поради суперирорноста на локалниот пазар во поглед на висината на трошоците за добивање на квалитетни информации и потребниот фокус од страна на домашните инвеститори и аналитичари како предуслов за соодветно пазарно вреднување. Со оглед на тоа што Берзата суштински не може да влијае на многу процеси чии исходи се рефлектираат на неа, Берзата примарно ќе биде насочена кон обезбедување квалитетни и современи услуги за сите пазарни учесници (со нагласка на максимална можна употреба на нови технологии) и ефикасно вршење на својата основна функција на спојување на понудата и побарувачката и формирање на цените на хартиите од вредност. Истовремено, Берзата во секое време ќе биде подготвена да им асистира на издавачите што ќе одлучат финансирањето на својот развој да го остварат преку пазарот на капитал, проширувајќи ја лепезата на свои услуги на овој план среднорочно и кон малите акционерски друштва, односно друштвата кои функционираат во други организациски облици, вклучително и т.н. стартапи. Сосема на крај, уште еднаш сакаме јавно да ја промовираме нашата стара заложба за системско стимулирање и подршка на пазарот на капитал во Република Македонија. Имајќи го предвид поширокиот контекст на функционирање на пазарот на хартии од вредност, идниот развој на овој сегмент ќе го детерминираат проценките и одлуките на економските субјекти (емитентите, финаниските посредници и инвеститорите), но уште повеќе и политиката на државата и нејзините институции. Постои широк спектар на алтернативи што им стојат на располагање на носителите на економските и другите политики за поттикнување, унапредување и поефикасно функционирање на пазарот. Развојните алтернативи се поврзани со повеќе области од кои зависи функционирањето на пазарот на хартии од вредност (законодавство и регулација, пензискиот систем, фискалната политика, приватизацијата и деловните планови на државните и јавните претрпијатија, диверсификацијата на понудата на финансиски инструменти, политиката за равој на мали и средни претпријатија, корпоративното управување, финансиската едукација итн.). За таа цел Берзата во текот на наредните неколку месеци и официјално ќе покрене иницијатива за формирање на т.н. Совет за развој на пазарот на капитал, во којшто би членувале соодветни институции и организации (според примерот на некои други земји, како на пример Австрија, Унгарија и Бугарија). nnn

О ВЛИЈАНИЕ НА ОДЛУКИТЕ НА ИНВЕСТИТОРИТЕ


СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

РЕВИЗИЈА И КОНСАЛТИНГ

21 АПРИЛ

2017

КОЈ Е КОЈ НА МАКЕДОНСКИОТ ПАЗАР Во специјалниот прилог “Ревизија и консалтинг: Кој е кој на македонскиот пазар“ за првпат досега ќе направиме рангирање на најголемите играчи во областа на ревизорските услуги во земјава – според остварените приходи, добивки, бројот на клиенти и останатите клучни параметри, врз основа на последните јавно достапни податоци. Разговараме со претставници на водечките компании околу трендовите во овој бизнис, новите услуги, како и предизвиците што стојат пред оваа индустрија во новото дигитално време. Во специјалниот прилог што ќе излезе на 21.04.2017 ќе може да прочитате:

l КОЈ Е КОЈ НА МАКЕДОНСКИОТ ПАЗАР ЗА РЕВИЗОРСКО – КОНСУЛТАНТСКИ УСЛУГИ: ГИ РАНГИРАМЕ КОМПАНИИТЕ СПОРЕД ПРИХОДИ, ДОБИВКА, БРОЈ НА ВРАБОТЕНИ... l КОИ СЕ СОПСТВЕНИЦИ НА НАЈГОЛЕМИТЕ РЕВИЗОРСКИ ДРУШТВА ВО ЗЕМЈАВА КАКО ФУНКЦИОНИРААТ КАНЦЕЛАРИИТЕ НА БРЕНДОВИТЕ ОД СВЕТСКАТА ‘ГОЛЕМА ЧЕТВОРКА’ РЕВИЗОРСКИ КУЌИ l КАКВИ СÈ УСЛУГИ НУДАТ РЕВИЗОРСКО КОНСУЛТАНТСКИТЕ КОМПАНИИ НА ПАЗАРОТ ПРЕДИЗВИЦИ ЗА СМЕТКО-ВОДСТВОТО, РЕВИЗИЈАТА И КОНСУЛТАНТСТВОТО ВО ДИГИТАЛНАТА ЕРА l МЕНАЏМЕНТ КОНСАЛТИНГОТ ВО ПОДЕМ ВО МАКЕДОНИЈА: КАКВИ ПРОБЛЕМИ НА БИЗНИСОТ РЕШАВААТ ОВИЕ ПРОФЕСИОНАЛЦИ

Повеќе информации во врска со прилогот и за претставување во истиот можете да добиете на е-мail: marketing@kapital.com.mk l gordana.mihajlovska@kapital.mk или на телефонскиот број ++ 389 2 3298 505

ЛИЦE ЗА КОНТАКТ:

ГОРДАНА МИХАЈЛОВСКА


ГИ ГРАДИМЕ ВАШИТЕ СОНИШТА РАПИД БИЛД е градежна компанија која изведува објекти од секаков вид и тоа: станбени, деловни, индустриски објекти, магистрални гасоводи комплет со блок станици и главно мерно регулациони станици, атмосферски и фекални канализациони системи, патна инфраструктура со придружни објекти (подпатници, надпатници, пропусти, клучки), реконструкции, доградби итн. Главната одлика на компанијата е брза, квалитетна и современа изведба, која се должи на користење на најсовремена опрема и материјали за градба, имплементирање на светските стандарди за квалитет и менаџмент, како и поседување на тим составен од високо-професионален и стручен кадар. Во реализација на работите во областите на својата дејност секогаш ја запазува техничката регулатива, ги запазува етичките и стручни стандарди на оваа професија, а со своето работење го застапува интересот на својот инвеститор во рамки на законските прописи, интересот на општеството и угледот и репутацијата на професијата и професионалноста.

www.rapidbild.com.mk


Капитал број 911 14.04.2017

www.kapital.mk

24 БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Извор: НБРМ

BLUE CHIP СОСТАНОК НА СТРАТЕШКО НИВО

ВО СКОПЈЕ СЕ СРЕТНАА СЛОВЕНЕЧКИ И МАКЕД

КАКО ДО ПОВЕ

РАЗЛИКА: СЛОВЕНИЈА ИМА ИСТ БРОЈ ЖИТЕЛИ, 4,5 ПАТИ ПО


www.kapital.mk

Капитал број 911 14.04.2017

25 Шефови, менаџери и сопственици на некои од најголемите компании, банки и осигурители во Словенија и Македонија, претседатели на најголемите бизнис комори, дипломати и новинари се собраа во Скопје неделава да разговараат за тоа како да се направи повеќе бизнис меѓу двете држави. Трендот на трговска размена и инвестиции го оценија како позитивен, но простор за раст има уште. Како императив поставија во следните пет години трговската размена да порасне од 260 на 500 милион евра, а инвестициите да се зголемат, особено од македонските компании во Словенија.

А НАЈГОЛЕМИТЕ ДОНСКИ БИЗНИСМЕНИ:

ЕЌЕ ЗДЕЛКИ

ОГОЛЕМ БДП И ШЕСТ ПАТИ ПОГОЛЕМ ИЗВОЗ ОД МАКЕДОНИЈА


www.kapital.mk

Капитал број 911 14.04.2017

26 БИЗНИС И ПОЛИТИКА

С МИЛАН ЈАЗБЕЦ

амбасадор на Словенија во Македонија

ловенечките инвеститори покажуваат силен интерес во областа на прехранбената индустрија, банкарско – финансискиот сектор, расвета и мебел, домашна електроника, градежништво, туризам, хемиска индустрија, фармација, логистика, ИТ сектор, енергетика, текстил, челик и металургија... Македонија е голема инвестициска можност за Словенија. Луѓето од бизнисот се познаваат меѓусебно и нивната соработка си се развива непрекинато, но политичарите треба да ги прошират своите хоризонти и да бараат нови можности.

БЛАЖ БРОДЊАК

претседател на Управата, НЛБ Групација

пишува:

Б

Игор Петровски

igor.petrovski@kapital.mk

Барем десетина милијарди евра “тежеше“ софрата во еден скопски локал во вторникот вечерта, кога околу неа се собраа во полу неформална атмосфера шефовите/ сопствениците на околу 20 најголеми словенечки и македонски компании, банки и осигурители. Иницирана од словенечкиот амбасадор во земјава, д-р Милан Јазбец, именувана како Blue chip состанок на стратешко ниво, средбата имаше за цел да развие дискусија околу тоа до каде е стигната бизнис соработката помеѓу двете земји и што треба да се направи за нејзин уште поголем развој. Овој своевиден форум на словенечко – македонската бизнис елита е всушност дел од 25-те настани што словенечката

Македонија Словенија

В

Н

ајдобрата членка од нашата групација е во Македонија. Имаме 21% удел во сегментот кредитирање на население, а заинтересирано следиме и бизнис проекти. Финансиски ги поддржуваме и трговските зделки и инвестициите меѓу компании од Словенија и Македонија, со што сме активен чинител во меѓусебната трговска соработка. Се надеваме дека политичката криза во земјата ќе заврши со позитивен исход, дека македонската економија ќе добие подинамичен развој, а ние остануваме тука и ќе вложуваме и понатаму.

БЕНЈАМИН ЈОШАР

член на Управен одбор, Триглав групација

амбасада планира да ги организира оваа година кога се одбележуваат 25 години од воспоставувањето дипломатски односи помеѓу двете независни држави. “Ова е нов пристап во деловната филозофија во билатералната дипломатија. Нов, затоа што е своевиден brain storming на најголемите наши и ваши бизнисмени, тие кои што ги знаат можностите, гледаат далеку во иднината и кои се во состојба да ги придвижат работите во најдобра насока. И понатаму нив политиката ќе треба да ги слуша.“, истакна амбасадорот Јазбец на почетокот на состанокот. Политиката треба да го слуша бизнисот, но судејќи според она што се случува во Македонија на политичарите како да не им се слуша баш. Политичката криза трае повеќе од две години, а тоа како што признаа и челниците на словенечките компании, инаку сите присутни со свои операции во земјава, ги загрижува донекаде , но засега нивните бизнис интереси не се во таа мера загрозени да размислуваат за некакво намалување на активноста или повлекување. Напротив, како што истакна и мнозинскиот сопственик и директор на компанијата за производство на електро – компоненти и инженеринг, “Искра“ со седиште во Љубљана, Душан Шешок,

о нашата групација сме многу задоволни од тоа како се развива бизнисот на Триглав во Македонија и воопшто осигурителниот пазар во земјата, кој што сè уште има огромен потенцијал за раст. Нам ни е битно да има економска стабилност, што секако произлегува и од политичката стабилност на земјата. Ние продаваме ветувања и нашите клиенти ни ја даваат довербата затоа што сметаат дека тие ветувања ќе ги исполниме.

тој планира нивното претставништво во Македонија да стане и центар од каде што ќе го покриваат регионот, конкретно Бугарија, Турција, Албанија... “Најголема грешка на словенечките компании, вклучувајќи ја и ‘Искра’, веднаш по распадот на југословенската федерација беше што тие практично го запоставија просторот на останатите пет републики, како да не сакаа да имаат повеќе ништо со поранешните партнери и се свртија сосема кон извоз во Европа и светот. Дури пред неколку години почнавме да размислуваме за бившите ју простори. Јас искрено не се грижам премногу за политичката ситуација во Македонија или било каде. Актуелна влада си е актуелна влада. Кога ќе има следна, ќе работиме и со неа. Позитивно гледаме на регионот. Словенечката и македонската економија се комплементарни, во многу малку области си конкурираат меѓу себе и затоа можностите за соработка се дотолку поголеми. Ние отидовме дотаму што Македонија не ја гледаме само како единствен пазар каде што ќе работи нашето претставништво таму, туку како еден центар, хаб, од каде што ќе работиме проекти и во неколку други балкански земји. И нашите вработени македонски инженери, веќе работат на такви проекти“, истакна Шешок.

БДП

БДП по жител

Извоз во Словенија

Увоз од Словенија

(милијарди долари)

(долари)

(милиони долари)

(милиони долари)

10,4 44,1

5060 21370

59,6

125,5

ЦЕЛ: ЗА ПЕТ ГОДИНИ ТРГОВСКА РАЗМЕНА ОД 500 МИЛИОНИ ЕВРА



www.kapital.mk

Капитал број 911 14.04.2017

28 БИЗНИС И ПОЛИТИКА

С

ЈАНЕЗ ШКРАБЕЦ

сопственик и директор, РИКО

Словенечките банки и осигурители ги пофалија македонските подружници како најдобри во своите групации Развојот на бизнисите и трговската соработка не може без поддршка од банките и осигурителите кои што

ВКУПНО ИНВЕСТИЦИИ ОД СЛОВЕНИЈА ВО МАКЕДОНИЈА ОД 2006 ДО 2016

2009

2011

милиони евра

2012

4,9

2010

360,1

2013

2014

-7,7

2008

минорни инвестиции во Словенија, ако се споредат со обемот на нивните во земјава. Изминативе десет години нивните компании вложиле околу 380 милиони евра во Македонија, што е 11% од сите странски инвестиции кај нас за тој период, а нашите фирми едвај 10-15 милиони во Словенија. Треба да се направи малку повеќе во оваа насока. Словенија во секој случај е еден од најдобрите и најискрени поддржувачи и партнери на Македонија, а ако имаш партнер што е добар, квалитетен, и ти ќе бидеш добар“, рече Азески.

38,0

2007

самиот локален пазар и останатите наши пазари од ЕУ. Соработуваме со некои словенечки компании, едни произведуваат под приватна марка за нас, ние пак, некои суровини за други, НЛБ е наша банка што нè следи во регионот и на други пазари, Триглав ни е главна осигурителна куќа... Можности има многу“, рече Мукаетов. Дека има можности за поголем бизнис меѓу македонските и словенечките компании рече и претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, кој што исто така, учествуваше во дебатата. Тој истакна дека меѓусебната трговска размена расте, но дека не смееме да бидеме задоволни со моменталното ниво на извоз, особено македонскиот во Словенија, како и од директните инвестиции, кои што имаат простор за раст и во двете насоки. “Македонските компании сè уште имаат

ловенечката и македонската економија се комплементарни, во многу малку области си конкурираат меѓу себе и затоа можностите за соработка се дотолку поголеми. Ние отидовме дотаму што Македонија не ја гледаме само како единствен пазар каде што ќе работи нашето претставништво таму, туку како еден центар, хаб, од каде што ќе работиме проекти и во неколку други балкански земји. И нашите вработени македонски инженери, веќе работат на такви проекти.

8,8

60,0

2006

79,2

10,5

СДИ ОД СЛОВЕНИЈА ВО МАКЕДОНИЈА (во милиони евра)

сопственик и директор, Искра

134,1

За тоа другата земја да се гледа како појдовна точка од каде што ќе се освојуваат други пазари зборуваше и првиот човек на македонски “Алкалоид“, Живко Мукаетов. Тој прво го истакна значењето што за нив како компанија го имале словенечките фармацевтски гиганти со своето искуство и експертиза, особено Крка, која им служела како пример за успешен развој и освојување пазари и објасни дека за нив Словенија е всушност регионален хаб од каде што продираат кон пазарите на Европската унија. “Имаме три наши компании регистрирано во Словенија, меѓу кои и една лабораторија. Околу 25 милиони евра промет правиме практично од Љубљана, односно на

ДУШАН ШЕШОК

-6,6

Една на друга земја си служиме како регионални “хабови“ за продор на трети пазари

19,1

претседател, Стопанска комора на Словенија

С

М

ојата деловна филозофија беше да се фокусирам на два региони со кои што сме во многу аспекти слични – култура, традиција, навики, историја – а тоа се бившиот Советски сојуз и бивша Југославија. Во Македонија сме влезени во секторите енергетика и екологија, ХЕЦ Св.Петка и една пречистителна станица што ја направивме во општина Ѓорче Петров. Задоволни сме од нашата досегашна активност во земјата, остануваме и понатаму силно заинтересирани за евентуални проекти со кои што ќе помогнеме во градење на поголема конкурентност на македонската економија и благосостојба на граѓаните.

19,7

МАРЈАН МАЧКОШЕК

ловенија е толку мала, така што секој што ќе почне бизнис таму мора да мисли веднаш на извоз. Извозот е силната страна на словенечката економија и изнесува преку 30 милијарди евра во 2016 година. Македонија е во иста ситуација што се однесува до големината на нејзиниот пазар, уште полошо за неа е што куповната моќ таму е помала, па компаниите мора дотолку повеќе да мислат на извоз. За тоа се потребни одлично образовани луѓе, иновативни идеи и квалитетни производи. Ние практично го уништивме стручното образование, па сега пак му се враќаме. Учете од нашите грешки.

2015

2016

ЗАЕДНИЧКИ ИНТЕРЕС: МАКЕДОНИЈА И СЛОВЕНИЈА МЕЃУСЕБНО СИ СЛУЖАТ КАКО


www.kapital.mk

Капитал број 911 14.04.2017

29

Ј ИЛИЈА ГЕЧЕВ

сопственик и директор, ИГМ Трејд

ас сум уште од почетокот на мојата кариера врзан со Словенија. Последниве години со мојата компанија инвестираме во оваа земја, која што ни служи како отскочна штица за пласман на ЕУ пазарите. Досега имаме инвестирано преку 12 милиони евра, вработуваме словенечки кадар, гледаме сите вработени да бидат Словенци, почнувајќи од менаџментот. Преку Словенија ги таргетираме Италија, Германија и Франција. Разговараме и со словенечки фирми за заеднички вложувања во Македонија, во проекти што би вределе стотина милиони евра.

С

М БРАНКО АЗЕСКИ

претседател, Стопанска комора на Македонија

од словенечка страна беа присутни на состанокот во најсилната постава – најголемата банкарска групација НЛБ, инвестициската компанија Прва Груп, како и водечките осигурители СаваРе и Триглав. Шефот на Управата на НЛБ, Блаж Бродњак ја пофали македонската подружница на НЛБ како најдобра од сите во групацијата. “Откако ги средивме нашите редови во централата, по турбулентниот период во словенечкиот финансиски систем, можам само да кажам дека остануваме силно присутни во Македонија и искрено се надеваме дека политичката криза кај вас ќе заврши со најдобар можен исход за граѓаните и бизнисите. Ние ќе се фокусираме на кредитирање на население, каде што сега држиме 21% од пазарот, ќе следиме внимателно и интересни проекти, ќе удриме акцент на дигитализацијата и иновативните услуги“, рече Бродњак. Членот на Управниот одбор на Триглав групацијата, Бенјамин Јошар рече дека е задоволен од тоа како се развива бизнисот на овој најголем осигурител во Словенија, регионот, а и на македонскиот пазар. Минатата година Триглав во земјава го задржа водечкиот удел на пазарот на неживотно осигурување со 17,9%, и обезбеди 2,4% повисока бруто полисирана премија, поточно 21,6 милиони евра. “Нам ни е битно да има економска стабилност, што секако произлегува и од политичката стабилност на земјата. Ние продаваме ветувања и нашите клиенти ни ја даваат довербата затоа што сметаат дека тие ветувања ќе ги исполниме.“, додаде Јошар. На бизнис средбата на стратешко ниво, како што ја опиша амбасадорот на Словенија г-н Јазбец, од Словенија учествуваа шефовите/сопствениците на NLB, Zavarovalnica Triglav, Prva Group, RIKO, Iskra, SAVARe, како и претседателот на Стопанската комора на Словенија Марјан Мачкошек и почесниот конзул на Словенија во земјава, Шенол Ислам. Од македонска страна учество земаа претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, и првите луѓе на Фершпед, Макпетрол, Алкалоид, ИГМ Трејд, Прилепска пиварница, менаџерите на македонските претставништва на присутните словенечки компании, како и директорот и основач на Капитал Медиа Гроуп. nnn

О БАЗИ ЗА ОСВОЈУВАЊЕ НА ТРЕТИ ПАЗАРИ

акедонските компании сè уште имаат минорни инвестиции во Словенија, ако се споредат со обемот на нивните во земјава. Изминативе десет години нивните компании вложиле околу 380 милиони евра во Македонија, што е 11% од сите странски инвестиции кај нас за тој период, а нашите фирми едвај 10-15 милиони во Словенија. Треба да се направи малку повеќе во оваа насока. Словенија во секој случај е еден од најдобрите и најискрени поддржувачи и партнери на Македонија, а ако имаш партнер што е добар, квалитетен, и ти ќе бидеш добар.

ЖИВКО МУКАЕТОВ

директор и претседател на Управен одбор, Алкалоид

ловенија е наш регионален хаб за продор на ЕУ пазарите. Имаме три наши компании регистрирано во Словенија, меѓу кои и една лабораторија. Околу 25 милиони евра промет правиме практично од Љубљана, односно на самиот локален пазар и останатите наши пазари од ЕУ. Соработуваме со некои словенечки компании, едни произведуваат под приватна марка за нас, ние пак, некои суровини за други, НЛБ е наша банка што нè следи во регионот и на други пазари, Триглав ни е главна осигурителна куќа... Можности има многу.




Капитал број 911 14.04.2017

www.kapital.mk

32 ИНТЕРВЈУ

ЧИНЦИА БРУНО

ДИРЕКТОР НА АГЕНЦИЈА ЗА ПРОМОЦИЈА НА НАДВОРЕШНАТА ТРГОВИЈА ПРИ АМБАСАДАТА НА Р.ИТАЛИЈА - ИЧЕ СКОПЈЕ

ИТАЛИЈА Е ЛИДЕР ВО ПРОИЗВОДСТВО И ИЗВОЗОТ НА ТЕХНОЛОГИЈА ЗА ОБРАБОТКА НА КАМЕН Македонскиот увоз на технологија од Италија во овој сектор во последните две години двојно се зголеми достигнувајќи 1,1 милиони евра во 2016 година. Тоа значи дека повеќе од 50% од увезените машини во 2016 година се италијански. Новата технологија ќе им овозможи поголема конкурентност на македонските производи на странските пазари, и истовремено ќе придонесе за оптимизација на производните процеси, поголема ефикасност и ефективност како и подобар квалитет на крајниот производ. Во кратки црти, подобар квалитет на производот со пониски трошоци.

XИзминатава X недела во Скопје за прв пат се претставија италијански компании кои ја презентираа италијанската технологија за обработка на мермер. Што претставува оваа презентација? Канцеларијата на Италијанска Агенција за промоција на надворешната трговија при Амбасадата на Р.Италија - ИЧЕ во Скопје за прв пат организира презентација на италијанската технологија за екстракција и обработка на камен. Идејата за оваа презентација се роди во Италија, минатиот септември, при посетата на пет македонски фирми на саемот Marmo Mac во Верона, организирана од ИЧЕ. Во една прилика македонските фирми изразија потреба за набавка на нова технологија за обработка на мермер, која би ја заменила нивната постојна, веќе одамна амортизирана опрема. За иницијативата веднаш пројавија интерес како италијанските, така и македонските фирми од оваа индустрија. Денес со нас се прису тни шест италијански фирми производители на технологија за обработка на мермер (некои од нив се светски познати), и 28 македонски фирми. Организирани се преку 80 Б2Б (business to business) средби кои треба да се остварат во текот на денот, што е потврда за заедничкиот интерес. Иницијативата се реализираше во соработка со Здружението на италијански производители на машини за екстракција и обработка на камен Confindustria Marmomacchine и со Секторот за искористување на минерални суровини при Министерството за Економија на Р. Македонија, за што сме посебно благодарни. Ова е четврта по ред презентација на италијанска технологија во организација на ИЧЕ. Во последните две години реализиравме презентации на италијанска технологија за винска индустрија, конзервна и дрвна индустрија. XКакви X се Вашите видувања за мермерната индустрија во Р.Македонија? Македонија, исто како и Италија, е земја богата со минерални ресурси и долга традиција во нивната експлоатација; значајни се резервите на бакар, никел, јаглен и камен, пред се мермер, травертин, оникс и гранит. Македонија е позната во светот по мермерот Бианко Сивец, кој е посебно ценет. Екстракцијата на мермер во Македонија започнува уште во римската ера, кога белиот мермер од регионот на Прилеп се користел за производство на скулптури и бисти за потребите на целата римска империја. Денес во Македонија експлоатацијата

БРУНО: ИТАЛИЈА ИМА ИЛЈАДАГОДИШНА ТРАДИЦИЈА ВО ОБ


www.kapital.mk

Капитал број 911 14.04.2017

33 се одвива во 35 рудници за мермер, гранит и травертин и има околу 20 фирми специјализирани за обработка на природен камен, во најголем дел концентрирани во околината на Прилеп. Станува збор за мали и средни фирми кои работат претежно за странски пазари. Тоа е сектор кој отсекогаш бил извозно ориентиран. Само во периодот од 2010 до 2016 година извозот на мермер и гранит во странство е зголемен преку 30%, а во 2016 година надмина 20 милиони евра. Преку 74% од извозот на овој сектор отпаѓаат на мермер и травертин сечени во ленти до четири сантиметри, а 12% се однесуваат на обработен мермер. Главен увозник на македонскиот мермер е Грција, каде завршува 50% од овој производ. На второ место е Кина каде се извезува 16% од македонскиот мермер и гранит, а во последните четири години извозот на мермер од Македонија во Кина е зголемен 14 пати. Италија се наоѓа на третото место по учеството во извозот на македонски мермер кој во 2016 година изнесуваше 1,5 милиони евра, што е учество од 7,8%, следена од Обединетите Арапски Емирати со учество од 3% и Бугарија со учество од 1,8% во извозот на македонскиот мермер. XКаква X е конкурентноста на македонскиот мермер на странските пазари? Македонскиот мермер е конкурентен како производ самиот по себе, поради природните карактеристики на каменот кои се со уникатен квалитет. Но, вистинската конкурентност се состои во тоа да се понуди производ со повисока додадена вредност. Оттаму, вложувањето во нова технологија и опрема за сечење и обработка од последната генерација е императив за македонските фирми. Од неодамна пристапот до финансирање во овој сектор е олеснет со воведувањето на европскиот фонд ИПАРД, кој овозможува неповратни средства при финансирањето на инвестиции во модернизација на машинскиот парк и опрема. Уште еден извор на финансирање по поволни услови е кредитната линија од Европската инвестициона банка наменета за поддршка на малите и средни претпријатија. XШто X може да понуди Италија како добавувач на технологија за обработка на мермер и гранит? Италија е светски лидер во произ-

водството и извозот на технологија за екстракција и обработка на камен. Индустријата која е развиена во последните децении е резултат на илјадагодишната италијанска традиција во обработката на природен камен. Конкуренти на Италија на светско ниво се Турција, Кина, Германија, Франција и Шпанија. Италијанските компании производители на технологија за мермер извезуваат 80% од производството во вредност од преку 1 милијарда евра годишно. Главни извозни пазари се: САД, Шпанија, Турција, Германија, Бразил, Мексико, Велика Британија и Алжир. И во Македонија, во 2016 година, Италија има лидерска позиција во овој сектор. Италија е на прво место по вредноста на извезени машини за екстракција и обработка на мермер и гранит на ниво на сектор, надминувајќи ги Турција и Шведска. Македонскиот увоз на технологија од Италија во овој сектор во последните две години двојно се зголеми достигнувајќи 1,1 милиони евра во 2016 година. Тоа значи дека повеќе од 50% од увезените машини во 2016 година се италијански. На ниво на производ, Италија е на прво место во Македонија како добавувач на машински пили (85% од увозот во 2016 година) и дијамантски точила (44%), на трето место по извозот на машини за дупчење и екстракција (21%) по Шведска и Германија. Италијанскиот успех се базира на неколку силни страни: капацитет за технолошки иновации, континуирани истражувања, искуство, илјадагодишна традиција во обработката на камен, флексибилност во производството на италијанските фирми што им овозможува да се прилагодат на барањата на клиентите и да реализираат производ персонализиран по нивна мерка. Денес е вистински момент за отпочнување на дијалог и продуктивна соработка меѓу италијанските и македонските фирми од овој сектор, со обострана добивка за двете страни. Новата технологија ќе им овозможи поголема конкурентност на македонските производи на странските пазари, и истовремено ќе придонесе за оптимизација на производните процеси, поголема ефикасност и ефективност како и подобар квалитет на крајниот производ. Во кратки црти, подобар квалитет на производот со пониски трошоци. nnn

БРАБОТКАТА НА ПРИРОДЕН КАМЕН

Н.Е. КАРЛО РОМЕО АМБАСАДОР НА ИТАЛИЈА ВО МАКЕДОНИЈА

ИНВЕСТИЦИИТЕ ВО ТЕХНОЛОГИЈА ЈА ЗГОЛЕМУВААТ КОНКУРЕНТНОСТА НА КОМПАНИИТЕ

Д

енешниот ден посветен на италијанската технологија во индустријата за мермер го потврдува интересот на Амбасадата на Република Италија во Скопје во соработка со ИЧЕ-Агенцијата за надворешна трговија да се искористи потенцијалот на билатералните економски односи меѓу Италија и Македонија, кои веќе се многу добри, но можат да бидат уште подобри. Вo 2016 година Италија се врати на 5-тото место како трговски партнер на Македонија, и притоа трговската размена надмина 500 милиони евра. Италија е исто така, меѓу првите земји-инвеститори во Македонија, посебно во последните години има зголемен интерес за италијански инвестиции во технолошко – пропулзивните сектори во Македонија. Италија е светски лидер во производството и извозот на технологија за екстракција и обработка на камен. Некои од италијанските производители се присутни на овој настан и ми претставува особено задоволство силниот интерес и значајното присуство и на македонски компании. Познато е дека инвестициите во технологија имаат големо влијание на земјата која ги прима, покрај тоа што се зголемува конкурентноста на ниво на компанија, новата технологија ги менува производните процеси, ги збогатува и надградува техничките и менаџерските знаења, го менува “менталитетот“ на фирмите кон поголема ефикасност, и на крајот создава производи со поголема додадена ведност и поголема конкурентност на странските пазари.


www.kapital.mk

Капитал број 911 14.04.2017

34 ИНТЕРВЈУ Во вторникот во ресторанот Воденица се одржа Презентација на италијанска технологија за екстракција и обработка на камена, на која шест италијански фирми производители на технологија за обработка на мермер и 28 македонски компании. За време на настанот беа организирани преку 80 B2B (business to business), а исто така беа презентирани и можностите за финансирање на инвестиции во индустријата за екстракција и преработка на камен преку Агенцијата ИПРАД, која обезбедува финансиска поддршка по принципот на ко-финансирање на реализирани инвестиции во максимален износ од 1,5 милион евра по проект.

БРАНДИ ФАУСТО Chimica Edile SRL

АЛЕСАНДРО МАЦОЛА

ФРАНКО БАРАКИНИ

Импресиите од средбата во Македонија се многу позитивни. Сметам дека ќе има многу можности за нашата компанија. Прв пат присуствувам на ваква конференција и сметам дека пазарот што се отвора во Македонија во овој сектор има голем потенцијал за нас. Ние произведуваме различни видови на хемиски производи што се користат во индустријата за обработка на мермер, тоа се производи за полирање, третирање на мермерот. Пред компаниите овде ја презентиравме целата палета на производи, веќе имавме неколку средби со компании со кои што се надевам дека ќе соработуваме, но се сретнавме и со клиентите од овде со кои што веќе соработуваме.

За нас ова беше многу интересна средба која што ја искористивме да ја презентираме нашата компанија и нашата гама на производи. Делумно сме присутни на македонскиот пазар, но имаме амбиција за уште повеќе бизнис соработки овде. Ова е земја каде што оваа индустрија е во развој, земја со долга традиција на обработка на мермер, но и со потреба од нови технологии. Токму во тој дел гледаме можности за нови соработки, бидејќи ние произведуваме опрема и машини за трансформирање на мермерните ленти во финален производ.

Tenax Italy

Denver SPA

КЛАУДИО ДАЦИНИ Dazzini SRL

Македонскиот пазар за нас е нешто ново. Многу сме благодарни и на канцеларијата ИЧЕ и на амбасадорот за оваа можност за средби со македонските компании. Имаме позитивни очекувања, бидејќи остваривме неколку контакти со македонски фирми, кои покажаа голем интерес за нашиот производ, кој што е многу иновативен. Се работи за производ од варовник, кој што се става во процеп и по неколку часа тој експандира, така што без никакви експлозии овозможува да се скрши карпата.

МАНРИКО ФИОРЕ ProTrade

Нашата компанија постои веќе 20 години и ние сме подготвени да им ги понудиме нашите услуги на македонските компании. Веќе имаме компанија од Македонија со која што добро соработуваме и преку која можеме да им ги понудиме сите услуги и на останатите фирми. Ова беше многу интересна средба од која што произлегоа многу бизнис можности за соработка на овој пазар кој што е во развој.

РАИМОНДО ЛОВАТИ генерален секретар на Здружение на италијанските производители на опрема за екстракција и обработка на камен

Ова за мене е многу позитивно искуство, ФЕДЕЛЕ БЕВАКУА Тоа што имаше голем и во организациска Abichem SAS интерес за учество на смисла многу подобро Ова за нас е прво компании од Македонија во споредба со други претставување на оваа средба покажува земји. Сметам дека во странство и се дека ќе биде корисна за мојата компанија приклучивме на за двете страни. Оваа и машините што оваа иницијатива средба е и потврда за добрата ги произведуваме тука има добри организирана од соработка меѓу здружението што јас можности, бидејќи индустријата Италијанската Агенција го претставувам и Агенцијата ИЧЕ од на ископ и обработка на мермер е за промоција на Скопје. Овој пазар го цениме како пазар доста развиена. Со нашата гама надворешната трговија на Италија кој што допрва ќе се развива бидејќи на производи сме во состојба да ги (ИЧЕ). Ние сме специјализирани за македонскиот мермер има огромен комплетираме производните линии производство на хемиски материи за потенцијал за извоз. За да може да на македонските компании или пак третирање на порозни материјали како да понудиме комплетни решенија на бидат конкурентни на странскиот камен, мермер, гранит и слично. Нашата нови технологии. А со финансиската пазар, македонските фирми мора да силна страна е флексибилноста и имаат адекватна опрема, односно поддршка што ја имаат локалните динамиката, така што сме во состојба технологија од земја како Италија која фирми како што се од ИПАРД или од да понудиме персонализирани што е светски лидер за производство на МБПР, би требало ова да биде лесно решенија за нашите клиенти. машини за оваа индустрија. ГОДАНЦИ-АЛИУ: ПРЕКУ ЕЛЕКТРОНСКИ УСЛУГИ, БАНКАТА Е ТАМУ КАДЕ ШТО СЕ КЛИЕНТИТЕ изводливо.


Агенда на настанот ЧЕТВРТОК, АПРИЛ 20 20:30

КОКТЕЛ ЗА ДОБРЕДОЈДЕ

ПЕТОК, АПРИЛ 21 08:30 - 09:30

РЕГИСТРАЦИЈА НА УЧЕСНИЦИТЕ, ХОТЕЛ МЕТРОПОЛ, ФОАЈЕ

09:30 - 09:50

ВОВЕДНИ ГОВОРИ ЕЛИЗАБЕТА ЧИНГАРОВСКА ПРЕТСЕДАТЕЛ, КОМИСИЈА ЗА ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ ИВАН ШТЕРИЕВ ГЛАВЕН ИЗВРШЕН ДИРЕКТОР, МАКЕДОНСКА БЕРЗА

09:50 - 10:00

ДОДЕЛУВАЊЕ НА НАГРАДИ КРИСТАЛНО ЅВОНО - ЗА НАЈТРАНСПАРЕНТНИ КОТИРАНИ АКЦИОНЕРСКИ ДРУШТВА ЗА 2016 ГОДИНА НАГРАДИ ЗА ОВЛАСТЕНИ УЧЕСНИЦИ НА МАКЕДОНСКИОТ ПАЗАР ЗА ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ ЗА 2016 ГОДИНА

11:15 - 11:45

ПАУЗА ЗА КАФЕ

11:45 - 13:00

ПАНЕЛ 2: УПРАВУВАЊЕ СО “OTHERS PEOPLE MONEY” И ПАЗАРОТ НА КАПИТАЛ УЧЕСНИЦИ ЈОСИП ГЛАВАШ ГЛАВЕН ИЗВРШЕН ДИРЕКТОР, ERSTE ASSET MANAGEMENT, ХРВАТСКА МАРИЈА БОЈЧИНОВА ЧЛЕН НА ОДБОР, EXPAT ASSET MANAGEMENT, БУГАРИЈА КЛИМЕ ПОПОСКИ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОВЕТ, АГЕНЦИЈА ЗА СУПЕРВИЗИЈА НА ОСИГУРУВАЊЕТО

10:00 - 11:15

УЧЕСНИЦИ ЃОРЃИ ПЕТРУШЕВ УПРАВИТЕЛ, М6 ИНВЕСТИЦИИ

MIKE BAUR - СПЕЦИЈАЛНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА SERIAL SWISS EARLY STAGE STARTUP INVESTOR CO-FOUNDER & EXECUTIVE CHAIRMAN SWISS STARTUP FACTORY, ШВАЈЦАРИЈА

14:00 - 15:30

ЏОН ЈОНОВСКИ PHALANX CAPITAL

ПАУЗА ЗА РУЧЕК

МОДЕРАТОР КИРИЛ ЈОВАНОВСКИ ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ, УКИМ, СКОПЈЕ

НОВИ ТРЕНДОВИ

13:00 - 13:30

ПРВИОТ МАКЕДОНСКИ ИНДЕКСИРАН ФОНД - ЗОШТО И КАКО?

ПАНЕЛ 1: ПОГЛЕД ВО ИДНИНАТА: PUBLIC VS PRIVATE КОМПАНИИ

13:30 - 14:00

ПРОЦЕСОТ НА ФИНАНСИРАЊЕ НА СТАРТАПИ И НОВИТЕ ГЛОБАЛНИ ТРЕНДОВИ

ГОРАН МАРКОВСКИ ГЛАВЕН ИЗВРШЕН ДИРЕКТОР, КБ ПУБЛИКУМ ИНВЕСТ

СИНИША КРНЕТА ДИРЕКТОР, БЕЛГРАДСКА БЕРЗА

15:30 - 17:00

CROWDFUNDING HANNES TAKACS ПОМОШНИК ДИРЕКТОР, EBRD ДАМИР БИЧАНИЌ FUNDERBEAM SEE, ХРВАТСКА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА НА СЕДНИЦИ НА ОДБОР НА ДИРЕКТОРИ И СОБРАНИЈА НА АКЦИОНЕРИ LISELOTTE HÄGERTZ ENGSTAM НЕИЗВРШЕН ЧЛЕН НА ОДБОР, СОВЕТНИК, STARTUP COACH, ШВЕДСКА ВЛИЈАНИЕ НА НОВИТЕ ТЕХНОЛОГИИ - BLOCKCHAIN (ВО ОЧЕКУВАЊЕ НА ПОТВРДА ОД ПРЕЗЕНТЕРОТ)

НИКОЛЧЕ ПЕТКОСКИ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УПРАВЕН ОДБОР, ЕУРОСТАНДАРД БАНКА

19:30

ВЕЧЕРА

ВЛАДИМИР ТОДОРОВИЌ СОПСТВЕНИК, ТИНЕКС

22:00

МОДЕРАТОР КИРИЛ ЈОВАНОВСКИ ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ, УКИМ, СКОПЈЕ

СРЕБРЕН СПОНЗОР

ЗАБАВЕН ПРОГРАМ

СПОНЗОРИ

МЕДИУМСКИ ПОКРОВИТЕЛ

R

www.mse.mk


www.kapital.mk

Капитал број 911 14.04.2017

36 БАЛКАН БИЗНИС И ФИНАНСИИ

ОПЕРАЦИЈА ЗА СПАС НА ХРВАТСКИОТ ГИГАНТ ОД БАНКРОТ

ТОДОРИЌ СИ ОДИ, ДРЖАВАТА ГО ПРЕЗЕМА АГРОКОР!

Хрватскиот гигант Агрокор, која до пред некој месец важеше за најголема компанија во регионов, стана најголема економска закана за економијата на Хрватска и поширокиот регион. Експресно беше донесен специјален закон со кој државата го презема управувањето со компанијата, а судовите забранија да се преземаат било какви постапки против Агрокор. Хрватските власти се правдаат дека специјалниот закон Лекс Агрокор не се носи за да се спасува Ивица Тодориќ, туку за да се заштитат работниците и хрватската економија.

Х

Хрватскиот гигант А г р о к о р, к о ј а д о п р е д н е ко ј м е се ц важеше за најголема компанија во регионов, с тана најголема економска закана за економијата на Хрватска и поширокиот регион. Заради преголемата задолженост во која почна да тоне компанијата таа сега ќе биде спасувана од страна на државата со цел да спречи опасноста на банкротирање и на другите фирми на кои Агрокор им должи милионски суми. За некои ова е сосема непазарен потег на државата која неоправдано спасува приватна компанија, додека за други ова е крај на тајкунскиот модел на привилегирани бизнисмени во Хрватска. Хрватскиот Парламент минатата недела го донесе специјалниот Закон за воведување на вонредна управа во трговски друштва

од стратешки интерес за државата. Законот веднаш се нарече Лeкс Агрокор, со оглед на фактот што тој се носи со цел државата да може да ги национализира управувачките права во Агрокор и за да го спаси од банкрот. Спасувањето на Агрокор почнува од тргањето на семејството на бизнисменот Ивица Тодориќ од компанијата, чиј банкрот би можел да предизвика вистински економски потрес во Хрватска, како и во Србија, Словенија, Босна каде што е присутна. Трговскиот суд во понеделникот експресно ја отвори постапката за вонредна управа на концернот Агрокор и го именуваше бизнисменот Анте Рамљак за повереник на државата. Истовремено, во судот се донесени и решенија со кои се забранува покренување и водење на парнични, извршни и управни постапки против Агрокор и неговите 24 поврзани и зависни друштва. Меѓу нив се компаниите Конзум, Ледо, Звијезда и Тисак. Банките каде што

е задолжен Агрокор веќе потврдија дека ќе одобрат нови 150 милиони евра за да се исплатат платите на вработените и на дел од доверителите Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ смета дека следува многу важен и тежок процес за спас на Агрокор. “Банките потврдија подготвеност да дадат нов кредит за исплата на свежи пари за исплата на плати, за исплата на доверители во износ од 150 милиони евра со цел да се поддржи процесот на преструктуирање на Агрокор. Тоа ќе се спроведе во најкраток можен рок. Доколку обезбедиме ликвидност и доколку владиниот повереник обезбеди добар план за реструктуирање, мислам дека целата приказна околу Агрокор ќе тргне во позитивна насока”, изјави хрватскиот премиер Пленковиќ. “Пред нас е битка за Агрокор, битка за работниците, добавувачите и доверителите на Агрокор, битка за да спречи проблемите на оваа компанија да се прелијат на целата


www.kapital.mk

Капитал број 911 14.04.2017

37 економија на Хрватска и пошироко во регионот”, изјави новиот владин повереник Анте Рамљак уверувајќи дека прва цел му е заедно со тимот да ги смири тензиите и да ја врати довербата на добавувачите и доверителите, и да го нормализира работењето на Агрокор. Според новиот Закон за спасување на Агрокор, привремената управа може да биде на чело на компанијата 15 месеци, а ако постапката за стабилизација и реструктуирање не успее за тој период, компанијата ќе оди во стечај. “Денешниот ден е почеток на системско и темелно решавање на кризата и пред се прва фаза во процесот на реструктуирање на Агрокор”, изјави премиерот Пленковиќ.

Банкротот на Агрокор ќе повлече многу компании и индустрии

Многу големи компании од Хрватска и регионот се засегнати со случајот Агрокор и имаат огромни побарувања кон компанијата на која и доставувале роба која не им била навреме платена. Сега и тие ќе бидат директно вклучени во процесот на спасување и реструктуирање на Агрокор. Претседателот на управата на Атлантик Група, Емил Тедески има доверба во хрватската Влада и смета дека владиниот повереник Анте Рамљак има релевантно

ИВИЦА ТОДОРИЌ сопственик на Агрокор

Ч

етириесет години од мојот живот ги вложив во изградба на цела Хрватска и регионот, заради што денес сум горд човек што се што изгради денес со својот потпис и го предадов на хрватската држава”, се вели во изјавата на Ивица Тодориќ, сопственикот на Агрокор при поднесувањето на барањето за активирање на Законот за спасување на компанијата од страна на државата. Од управата на Агрокор соопштија дека одлуката е донесена во уверување дека таа е во најдобар интерес за секој вработен, партнер, добавувач, сите други актери и на целата економија. “Искрено се заблагодарувам на сите вработени, блиски соработници и партнери со кои ја изградив најзначајната компанија во историјата на Хрватска. Сите овие години, па и во последните исклучително тешки моменти го давав својот максимум за да ја осигурам стабилноста на компанијата, за да ги сочувам над 60 илјади вработувања и да обезбедам просперитет на целиот концерн Агрокор. Уште еднаш ги повикувам сите оние кои можат да придонесат Агрокор непречено да продолжи да работи, да направат се што е о нивна моќ, да се сочуваат работните места и да се овозможи негов понатамошен развој”,се вели во писмената изјава на Тодориќ

Горд сум што се што изградив за 40 години и го предадов на хрватската држава


www.kapital.mk

Капитал број 911 14.04.2017

38 БАЛКАН БИЗНИС И ФИНАНСИИ искуство од областа на финансиите и реалната економија. “Горд сум на хрватската Влада дека имаше мудрост да донесе закон кој даде можност старите обврски на Агрокор кон добавувачите да се стават пред интересите на банките и финансиските институции. Состојбата на економијата и грижата на хрватската Влада за деловните субјекти, пред се грижата за производителите и трговците е примарна и мислам дека тоа е добра работа”, смета Тедески. Од проблемите во кои тоне Агрокор се засегнати и хрватските земјоделци.

Откако јавноста беше запознаена со проблемите околу ликвидноста на Агрокор, големите долгови кон добавувачите и банките, речиси и да нема село во најголемиот земјоделски регион Барања во кое не се зборува за иднината на концернот во сопственост на Ивица Тодориќ. И тоа е сосема разбирливо ако се знае дека во составот на Агрокор е и комбинатот Беље, преку кој е сопственик на многу земјоделско земјиште. Колку за пример, од 30 илјади хектари земја колку што има во Барања, околу 18 илјади се во сопственост на Агрокор, а од

1.300 хектари виногради, околу половина се во сопственост на Беље. Според податоците, Агрокор има приходи од околу 6,5 милијарди евра, што е колку 14% од хрватскиот Бруто домашен производ (БДП). Од вкупно 60 илјади вработени, 49% се вработени во Хрватска, што е 1,9% од вкупниот број на вработени во земјата. Според новиот Закон , за компанија од системско значење се смета секоја компанија која вработува повеќе од 5.000 луѓе и која има обврски повеќе од 7,5 милијарди куни. Сите компaнии кои ги задоволуваат овие критериуми и кои ќе се најдат во економски и финансиски проблеми ќе им се овозможи истата правна рамка за решавања на проблемите. Такви компании со системско значење нема многу, но тие вработуваат 11,5% од вкупните вработени и 34,6% од хрватскиот БДП. Хрватскиот премиер Пленковиќ вели дека ова не е закон за спас на Ивица Тодориќ, туку за заштита на економијата и работниците. Тој потсетува дека Агрокор има 60 илјади вработени, 5 илјади добавувачи, а вo рамки на концернот работат дури 70 фирми кои сега ја делат истата судбина со Агрокор. “Овој Закон има свој политички, економски, финансиски, стратешки, надворешнополитички и земјоделски контекст. Сите овие теми се дневен ред на Владата и на сите политички партии со или без овој Закон”, смета Пленковиќ. Зборувајќи за причините заради кои е донесе Законот Лекс Агрокор, премиерот Пленковиќ објаснува дека “во ситуација кога социјално-пазарното стопанство во демократските земји ќе дојде во ситуација на одредени проблеми и актерите на тој процес не се во состојба да најдат решение, тогаш е момент Владата и државните институции да ја преземат одговорноста и да се обидат на помогнат да се решат проблемите”. “Точно е дека Агрокор е приватна компанија, но Уставот и прописите во Хрватска ги штитат приватната сопственост и слободата на претприемништво, па со оглед на тоа овој Закон е напишат во согласност со Уставот”, уверува хрватскиот премиер Пленковиќ. Процесот за спасување на Агрокор кој ќе се одвива во следните месеци подразбира привремената управа поставена од страна на државата преку дијалог со заинтересираните актери во целиот процес да се обиде да најде решение. Првичен чекор е обезбедувањето на свежа ликвидност кое сега се прави преку согласноста на банките да му одобрат на Агрокор кредит од 150 милиони евра за да се намират платите на вработените и да се исплатата доспеаните обврски кон добавувачи и на оние кои најмногу се потпираат на работењето на најголемата хрватска компанија. nnn


www.kapital.mk

Капитал број 910 14.04.2017

39

PR

СО ТЕХНОЛОГИЈА ДО ЗАШТЕДА

10 годишниот јубилеј од постоењето на VVAX во Македонија се прослави на најуникатен начин во ресторан „Камник“, во Скопје.

V

VIVAX брендот е дел од глобалниот пазар 14 години како дел од M САН Групација - Хрватска, а во Македонија 10 години ефикасно го опслужува пазарот преку својот генерален дистрибутер, ПАКОМ Компани. „VIVAX COOL DAY“ е традиционален настан кој се одржува со сите земји од регионот, секоја година, каде се претставуваат сите новитети на VIVAX клима уредите. На настанот свои презентации имаа главниот продукт менаџер за VIVAX од Хрватска, Марко Барун, одговорниот менаџер за сервисна поддршка за цела групација, Жељко Башиќ. Збор дадоа и претседателот на управниот одбор на М САН групацијата, Мирослав Хузјак, генералниот директор на ПАКОМ Компани, Маргарета Гњатовиќ Спиров, комерцијалниот директор, Зоран Гавровски и продукт менаџерот во ПАКОМ Компани, Филип Трифуновски. Повеќе од 120 партнери на ПАКОМ Компани се запознаа со новитетите кај VIVAX клима уредите и имаа можност да се дружат, учествуваат во натпревар во стрелање и да добијат вредни награди.

За VIVAX

Имплементација на нови технологии е еден од императивите на коишто VIVAX го темели својот развој. VIVAX клима уредите се опремени со wi-fi модули кои дозволуваат безжично управување и контрола над работата на сите клима уреди од едно место. Оваа придобивка е најсоодветна во туристичкиот сектор каде што се овозможува подобра контрола и значително намалување на трошоците. Сите VIVAX клима уреди се високо ефикасни што гарантира помала потрошувачка на електрична енергија, а со тоа и поголема заштеда. VIVAX клима уредите се прилагодени за секоја целна група и се одликуваат со врвен дизајн за најмодерни простори, па сè до класични модели. Vivax понудата содржи и разни комерцијални и мулти-сплит уреди кои се идеално решение за климатизирање на деловен или станбен простор. VIVAX многу брзо прерасна во препознатлив бренд за сите корисници и во комбинација со квалитетот и одличната понуда VIVAX клима уредите во Македонија и во Црна Гора беа носители на „Best buy award“, награда која оваа година ја добија и во Хрватска. Ваквата престижна награда се должи на еднаквото внимание кое се посветува на

сите сегменти на развојот на производот. Покрај самиот квалитет што се потврдува со тригодишната гаранција и осигурената сервисна поддршка, VIVAX носи и други важни карактеристики како што се тивката работа при ладење и греење на просторот, бројните филтри за почист воздух и енергетската ефикасност. Како и секоја година, така и оваа, асортиманот на VIVAX се проширува. Највоочлив е најновиот Y-дизајн кој нуди A+++, најголема енергетска ефикасност од сите VIVAX клима уреди во греење и во ладење при температури од -32°C. Воедно, производот е опремен и со многу сензори: детектор на движење, фото-осетлив сензор за светло и сензор кој освен температурата ја контролира и влажноста на воздухот. VIVAX годишно произведува над 100.000 клима уреди кои се дистрибуираат низ 30 држави од целиот свет. Асортиманот на VIVAX содржи и телевизори со разни димензии, почнувајќи од 22“ до 65“. Тука спаѓаат и SMART телевизорите на ANDROID платформата, а наскоро ќе започне и производство на Ултра HD (4К) телевизори кои имаат 4 пати повеќе пиксели од класичните HD телевизори. Телевизорите се опремени со S2 приемник за сателитски сигнал кој ја елиминира потребата за дополнителен приемник и далечински управувач и се посебно погодни за хотели. Опремени се и со „хотелски начин на работа“ што на сопствениците им овозможува да го прилагодат и изедначат начинот на работа во целиот објект. За барови и ресторани најбарани се телевизорите со поголеми димензии од 55“ и 65“ за да можат посетителите да уживаат во спортските настани и други прикажувања. Од друга страна, SMART телевизорите на VIVAX овозможуваат спојување на интернет и на социјалните мрежи што е од сè поголемо барање кај младите. VIVAX пред 4 години отвори производни капацитети за телевизори во Хрватска и Србија кои годишно произведуваат до 250.000 телевизори и истите ги дистрибуира низ целиот свет. Од мобилните телефони посебно се истакнува моделот VIVAX FLY како „flagship“ модел, а наскоро излегува и 4та генерација под името FLY 4. Освен класичните паметни телефони, VIVAX од оваа година ја проширува својата палета на модели и наскоро на пазарот ќе пристигнат мобилни уреди отпорни на удари, прашина и вода под називите PRO 1 и PRO M10. Својата понуда VIVAX ја заокружува со малите кујнски апарати, како што се соковници, грејачи за вода, тостери, микробранови печки и други апарати кои што ги олеснуваат домашните работи, а се одликуваат со едноставна употреба и модерен дизајн по пристапни цени. ПАКОМ Компани во својата дистрибутивна мрежа има 450 партнери, од кои 350 се VIVAX партнери, a во својата сервисна мрежа има 35 партнери. nnn


www.kapital.mk

Капитал број 911 14.04.2017

40 СВЕТ БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Американскиот напад на сириската воена база отвори куп прашања од кои најважно за предвидување на следните случувања е дали станува збор за некоја „Трамп“ доктрина за дејствување што се оформува, а која би можела да најде примена и на други жешки точки низ светот? Иако има и такви толкувања дека нападот е најава за враќање на САД на раководната улога во светскиот поредок, повеќето аналитичари во потегот на американскиот претседател засега не гледаат повеќе од доисцртување на непредвидливоста како карактеристика на Трамп, што создава тензии во меѓународните односи, зашто не може да се прогнозира како би реагирал во одредени ситуации најважниот глобален играч, Вашингтон.

ЕНИГМАТА НА АМЕРИКАНСКИОТ НАПАД ВРЗ СИРИСКАТА ВОЕНА БАЗА

ИМА ЛИ НОВА „ТРАМП“ ДОКТРИНА ИЛИ СЕ ПОТВРДИ РИЗИКОТ ОД НЕПРЕДВИДЛИВОСТА НА АМЕРИКАНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ?

А

мериканскиот претседател влезе во историјата како прв кој директно ја нападнал сириската армија во конфликт во кој, според оценките на Организацијата на обединетите нации, за шест години од почетокот загинале над 400 илјади луѓе, а 5 милиони се прогонети од државата. А ракетниот напад врз сириската база која веќе по 24 часа одново беше во употреба, постави куп прашања – што воопшто се постигна со нападот; до кој степен ќе се влошат односите на САД со Русија и дали се исплатеше ризикот од опасно влошување; имаат ли основа стравувањата на некои Американци дека може да бидат мобилизирани за уште една војна на Блискиот исток; дали нападот е дел од некоја „Трамп“ доктрина за дејствување што се оформува, а која би можела да најде примена и на други жешки точки низ светот? Во Белата куќа очигледно веруваат во целисходноста на нападот, дека успеале категорички да го предупредат сирискиот претседател Башар ал Асад никогаш повеќе да не употреби оружје за масовно уништување. Но, информациите за

гасни напади не се ретки откако во 2013 година Дамаск го предаде својот хемиски арсенал. Освен ова, властите на САД не кажуваат ништо за воздушните напади што континуирано ги врши армијата на Асад, бомбардирањата во населени места или пуштањето на хлор, гасот кој е индустриски, а не официјално оружје, но исто така масовно ги убива незаштитените луѓе. Засега тимот на Трамп остава отворена врата за натамошни воени дејства против Асад, но и истакнува дека нападот не е сигнал за зголемено американско воено присуство на теренот. Вашингтон потврдува дека отстранувањето на сирискиот претседател останува цел, но фокусот сега е врз адаптирање на долгорочната стратегија за елиминирање на Исламската држава на териториите на Ирак и на Сирија. „Нашиот приоритет повеќе не е да седиме таму (во Сирија) концентрирани на заминувањето на Асад. Нашиот приоритет е вистински да се проучи како да се дејствува и со кој да се соработува за навистина нешто да сториме за сирискиот народ“, истакна американската амбасадорка во ОН, Ники Хејли, на крајот на март.

Останува да се види дали е можно САД да се договорат со Русите за соработка во борбата против Исламската држава, и во тој контекст американскиот државен секретар, Рекс Тилерсон, патува за Москва на 12 април (текстов е затворен претходно), само денови откако САД го извршија ракетниот напад на сириската авиобаза. Очекувањата на релевантните политички претставници се дека Тилерсон ќе се обиде да ги увери Русите да ја преиспитаат својата континуирана поддршка за Асад. Првиот вашингтонски дипломат со официјална Москва ќе се обиде да договори и воспоставување контрола на мешањето на Иран во регионот, како и изнаоѓање прифатлив компромис меѓу користа од курдските сириски сили и категоричкото нивно неприфаќање од страна на Турција, која војува со истите. Тилерсон за овие цели во Кремљ би требало да настапи носејќи некаква, макар рамковна стратегија, а таква засега не може да се види од изјавите/потезите на Трамп. Отсуствува и нова иницијатива за преговори меѓу бунтовниците и Асад за запирање на војната со помош на политички средства. Тилерсон

ТРАМП: ЈАС СУМ ФЛЕКСИБИЛЕН ЧОВЕК – НЕ СЛЕДАМ НУЖНО ОДРЕДЕН ПРИСТАП



www.kapital.mk

Капитал број 911 14.04.2017

42 СВЕТ БИЗНИС И ПОЛИТИКА само изјави дека прво треба да биде решен проблемот со Исламската држава, а потоа да се бара мирно решение за Сирија. Сето ова го поставува прашањето дали Вашингтон со нападите реагирал импулсивно, без да ги користи како инструмент во една поголема геополитичка стратегија. Трамп (со нападите) ги наруши сопствените ветувања за нова политика произлезена од концептот „Америка на прво место“, а имено дека САД нема да се мешаат во туѓи конфликти, и го постави прашањето има ли некоја нова американска доктрина, понова од претходно наведената. Но, толкувањата на аналитичарите се дека Трамп изгледа не сака да се обврзува со никаква доктрина. „Нашите одлуки ќе бидат водени од нашите вредности и цели, и ќе го отфрлиме патот на една крута идеологија, што многу често води до несакани последици“, изјави Трамп во саботата (8 април), давајќи потврда на споменатото толкување на аналитичарите. „Сакам за себе да мислам како за флексибилна личност. Немам потреба од тоа да следам одреден пристап“, изјави Трамп, дополнувајќи дека „не сака да кажува каде оди и што прави“. Ваквите негови изјави уште повеќе им дадоа за право на толкувањата дека иако нападот во Сирија не отстапува од традиционалните инструменти добро познати на сојузниците и на противниците на САД, тој (нападот), во случајов подразбираше и доза на импровизација и произлезе од конкретни околности, односно не беше производ на јасни принципи. Секако, нападот врз сојузник на рускиот претседател Владимир Путин (без да бидеме тенденциозни и да кажеме дека тоа била целта), дефинитивно го намали притисокот од критичарите на Трамп, дека американскиот претседател е заложник на руската поддршка добиена за време на претседателската кампања. Како и да е, ако досега воздржувањето на претходниот американски претседател, Барак Обама, од употреба на воена сила се толкуваше како слабост на Америка, нападот нареден од Трамп веќе предизвика толкувања дека САД си ја враќаат раководната улога во светскиот поредок. Дека е прерано да се носат вакви заклучоци, пак, покажа и малото значење што на нападите им го даде самиот Трамп откако истите се случија. Имено, тој не зборува за нив дури и на Твитер (од каде најмногу сака да се обраќа до јавноста), освен во делот на искажаната благодарност до војската, и

објаснувањето зошто не била бомбардирана и пистата на сириската авиобаза. „Не гледам дека се појавува надворешно политичка доктрина „Трамп“ во класичната смисла на зборот“, изјави за Њујорк тајмс претставничката на Центарот за стратешки и меѓународни истражувања од Вашингтон, Кејтлин Хикс. „Но, го гледам исцртувањето на карактеристиките на Трамп – непредвидлив, воден од инстинкти и недисциплиниран“. Според Хикс флексибилноста за која зборува американскиот претседател, значи и непредвидливост, а тоа создава тензии во меѓународните односи, зашто не може да се прогнозира како би реагирал во одредени ситуации најважниот глобален играч, Вашингтон. Во контекстот, заедничкиот команден центар на коалицијата што го поддржува Башар ал Асад (центарот го координира командувањето на воените сили на Русија, на Иран и на либанската Хезболах и на претежно шиитските милиции) објави дека нападот на САД е пречекорување на границата на дозволеното и отсега натаму ќе реагираат со сила на секоја нова агресија. Турција, пак, која учествува како трета водечка држава во предводените од Русија обиди за мировни преговори во Сирија, го поддржа американскиот напад и ја повика Москва да се откаже од безусловната поддршка за Асад. Државниот секретар на САД ја обвини Русија дека со нејзината непосветеност на исполнувањето на договорот од 2013

година за уништување на сириските залихи од хемиско оружје придонела за бомбардирањето во кое со гас беа убиени 86 луѓе. И постојаната претставничка на САД во ОН, Ники Хејли, рече дека Русија има „значајна одговорност“ за хемискиот напад. „Асад мислел дека може да му помине такво нешто (хемискиот напад), зашто знаел дека Москва ќе му го чува грбот“, изјави Хејли, додавајќи дека Русија или свесно дозволила хемиско оружје да остане во Сирија, или е некомпетентна, или е изиграна од Асад. Заедничкиот команден центар, пак, акцентот го стави на тврдењето дека „присуството на американски сили во северна Сирија е незаконско, и обидот да воспостават контрола врз регионот е еднаков на окупација“. „Ништо не може да нè откаже од намерата да ја ослободиме Сирија“, се вели уште во соопштението што практично е испратено од Москва и од Техеран (водечките фактори во заедничкиот команден центар). Од руското Министерство за одбрана изјавија дека нивните сили ќе преземат чекори за засилување на сириската воздушна одбрана, за да се помогне „одбраната на најзагрозените сириски инфраструктурни капацитети“. Освен ова, Москва планира да го прекине својот канал за комуникација за воените активности во Сирија со Вашингтон, што се користи за избегнување на инцидентни конфликти. nnn


СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

КОРПОРАТИВНА ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ

28 АПРИЛ

2017

ПОВЕЌЕ ОД ТРОШОК, ПОВЕЌЕ ОД ТРЕНД! Од фамозната изјава на Милтон Фридман дека единствената општествена одговорност на компаниите е да го максимизираат профитот па сè до денешната CSR 2.0 платформа, концептот на корпоративната општествена одговорност еволуираше радикално. На крајот на денот, општествената одговорност е менаџмент концепт: колку бизнис лидерите сфаќаат дека таа ја определува одржливоста на компаниите на долг рок? Западните компании тоа го знаат и се менуваат, а во која фаза се македонските? Македонските компании при градењето на својот имиџ на општествено одговорни компании треба да ги користат и добрите, но и лошите искуства на поискусните светски компании. Стекнувањето на имиџ е долга, постепена и тешка работа која не смее да биде нападна за да не се западне во грешка, односно потенцијалните купувачи одговорното однесување да не го доживуваат како ”правдање” пред јавноста. Во специјалниот прилог “Корпоративна општествена одговорност: Повеќе од трошок, повеќе од тренд! “ што ќе излезе на 28.04.2017, меѓу другото, анализираме на кое ниво е свесноста на бизнисите во Македонија за општествената одговорност како деловна стратегија за одржлив раст, а не само како тренд и потреба за промоција. Еве што сè ќе може да прочитате во прилогот:

l БИЗНИСИТЕ ПОМЕЃУ ОБВРСКАТА КОН АКЦИОНЕРИТЕ И ОДГОВОРНОСТА КОН ЗАЕДНИЦАТА: КАКО ДА СЕ НАЈДЕ НАЈДОБРИОТ БАЛАНС l ОДГОВОРНИ ПРАКТИКИ НА ДОМАШНИТЕ И СТРАНСКИТЕ БИЗНИСИ ВО МАКЕДОНИЈА l СОЦИЈАЛНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА: НОВ МОДЕЛ НА КОМПАНИСКА ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ l ФОРМИРАН КЛУБ НА ОДГОВОРНИ БИЗНИСИ ВО МАКЕДОНИЈА: РАЗГОВАРАВМЕ СО ВОДЕЧКИТЕ ЛУЃЕ l КАКВА Е ИДНИНАТА НА КОРПОРАТИВНАТА ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ: СВЕТСКИ УСПЕШНИ ПРАКТИКИ Повеќе информации во врска со прилогот и за претставување во истиот можете да добиете на е-мail: marketing@kapital.com.mk l gordana.mihajlovska@kapital.mk или на телефонскиот број ++ 389 2 3298 505

ЛИЦE ЗА КОНТАКТ:

ГОРДАНА МИХАЈЛОВСКА


www.kapital.mk

Капитал број 911 14.04.2017

44 ТЕХНОЛОГИЈА

ПРОГНОЗИ ЗА СЛЕДНИТЕ ТРИ ДО ПЕТ ГОДИНИ

СВЕТОТ ОНЛАЈН Е НОВАТА РЕАЛНОСТ

Веќе до 2020 година статистички просечниот човек ќе поминува повеќе време во разговори со ботови, отколку со својот брачен партнер

П

Постојаниот развој на технологијата ги менува не само уредите што ги користиме, туку и начините на кои го организираме нашето секојдневие. Додека политичарите денес зборуваат за преместувањето на работните места, дигиталниот свет оди кон тоа да

премести некои професии дури во Вселената. Годишниот извештај на консултантската компанија Gartner претстави десет главни прогнози за начините на кои технолошките иновации ќе ги променат општествените структури и обичаи во следните три до пет години. Визијата за иднината на Gartner се фокусира на взаемното дејство на луѓето и дигиталната средина секаде околу нив. Се разгледуваат искуствата на корисниците во сферите на трговијата, технологиите и бизнис иновациите. До 2020 година над 100 милиони корисници ќе купуваат во продавници со збогатена

реалност (augmented reality, AR). Успехот на мобилни апликации како Pokemon Go, што се потпираат на AR, им покажа на сè повеќе трговци како да ја интегрираат оваа технологија. IKEA, на пример, разви апликација што овозможува корисниците виртуелно да го постават саканиот мебел во својот дом пред да го купат (мебелот). Според Gartner до 2017 година еден од секои пет глобални брендови ќе користи AR, за да го освежи онлајн искуството на корисниците. Се очекува значајно зголемување на емотивната ангажираност меѓу производите и купувачите.

GARTNER: БИТКОИНОТ ИМА ОГРОМЕН ПОТЕНЦИЈА


www.kapital.mk

Капитал број 911 14.04.2017

45 СÈ ПОВЕЌЕ БИТКОПАЧИ

Д

о 2022 година ќе има барем една компанија базирана на блокчеин технологии, чија вредност ќе натфрла 10 милијарди долари. Иновациите во индустријата ќе ги намалат драстично расходите, поврзани со финансиски трансакции, и ќе ги забрзаат бизнис процесите. Според Gartner блокчеин технологиите сè уште се во рана фаза на развојот. И покрај тоа биткоинот има огромен потенцијал да провоцира социјални, бизнис и други иновации. Тоа е очигледно од инвестициите што новиот финансиски модел ги привлекува глобално. Главната предност на технологијата е брзината со која бизнисот може да разменува и да создава вредности. Но, останува проблемот со ширењето и признавањето на дигиталната валута од компаниите и државните агенции. Gartner очекува финансиските стимули што технологијата ги создава под формата на намалени расходи за корисникот, да предизвикаат јасна преференца кон блокчеин технологијата.

Без раце и „на слепо“

До 2020 година 30% од сурфањето на интернет ќе се одвива без екран. Денес повеќе од половината тинејџери во САД користат гласовно пребарување (voice serach) секојдневно. Се очекува сè повеќе луѓе да ја користат оваа опција. Технологијата се шири преку иновациите на гиганти како Apple, Google, Amazon … Тие нудат пристап до саканата информација од страна на корисникот во форма на „дијалог“ со производи како Google Home и Amazon Echo. Gartner предвидува радикални промени во интерфејсот на многу популарни веб платформи, така што првиот контакт на корисникот со бизнисот да се случува

преку гласовна команда. Овој развој значи дека луѓето ќе поминуваат сè помалку време онлајн. Гласовната команда ќе овозможи корисниците да сурфаат на интернет додека вршат други физички активности – прошетка, чистење, возење автомобил ... Технолошкиот напредок ќе ги избрише разликите меѓу разговор со бот (автоматизиран чет) и вистински човек. До крајот на годината пет отсто од бизнисите по светот ќе додадат гласовни команди и ботови на своето онлајн присуство.

Апликациите нерентабилна инвестиција за компаниите

До 2019 година 20% од светските брендови ќе се откажат од мобилните апликации.

Според Gartner лани многу компании дошле до заклучок дека мобилните апликации не ги враќаат во нив инвестираните ресурси. Нивниот број во онлајн продавниците на Android и на Apple e многу голем – над 4 милиони. Ова го прави неможно случајното откривање на апликациите ако нема специјална маркетинг кампања. Како резултат бизнисот ги пренасочува своите напори за да изгради присуство во популарните апликации за чет, како Facebook Messenger и iMessage. Вака компаниите ќе стигнуваат до своите корисници на ним (на корисниците) омилената платформа. Се очекува до 2018 година просечниот број на инсталирани апликации да престане да расте, па и да почне да паѓа.

АЛ ДА ПРОВОЦИРА БИЗНИС И ДРУГИ ИНОВАЦИИ


www.kapital.mk

Капитал број 911 14.04.2017

46 ТЕХНОЛОГИЈА Со онлајн здравство до поздраво човештво

До 2020 година 40% од вработените во глобалните компании можат да ги намалат своите здравствени трошоци преку носење на фитнес тракери. Организациската култура ќе се менува, така што ќе го поддржува здравиот начин на живот. Gartner очекува грижата за здравјето да се претвори во главен дел од корпоративната култура. Овој развој ќе придонесе за создавањето нови позиции – фитнес менаџер и здравствен консултант, кои ќе работат во тесна врска со експертите за човечки ресурси. Преносливите уреди можат и радикално да ја променат медицинската индустрија. Се очекува трошоците за здравствена заштита во развиениот свет драстично да паднат. Податоците што фитнес апликациите ќе ги праќаат директно во докторските кабинети, сериозно ќе го намалат ризикот од најраспространетите во западните држави болести и состојби – дијабетис, срцеви проблеми, прекумерна тежина... Преносливите уреди обезбедуваат богатство од контекстуална и ретроспективна информација за состојбата на пациентот, што секако ќе ја помогне превенцијата. Gartner очекува 70% од мултинационалните компании да го субвенционираат купувањето фитнес тракери до крајот на

годината. Светот онлајн е новата реалност. Влијанието на технологиите во идните пет години ќе биде многу поширокоопфатно од она на иновациите актуелни во овој момент. Секундарните ефекти ќе бидат уште поинтересни. На пример, автономните возила ќе доведат до намалување на бројот на гаражите и паркинзите во големите градови. Обликот на општествените пространства ќе се промени.

9,7

Ќе се преосмислуваат планирањата на градовите. Едно е сигурно – сè поголем дел од физичкиот свет се сели онлајн. Gartner предвидува дека во технологиите од Интернетот на нештата ќе се инвестираат над 4 милиони долари дневно. Автомобилите, домашните уреди, болничката опрема, како и главните бизнис активи полетуваат кон „облакот“.

nnn

5,5

WiFi

- Висока eфикасност - Греење при температура од - 32°C - Ладење при температура од - 32°C - Потрошувачка од само 483 W

vivax.com



www.kapital.mk

Капитал број 911 14.04.2017

48 ЛУЃЕ И КОМПАНИИ

РЕКОА ЗА... ПРОМЕНАТА

Н

Некој рекол дека промената е единствената константа во животот. Сепак, луѓето еволуциски се предодредени да се опираат на промената заради ризикот, комфорната зона, итн. Кога нервозно размислувате дали да прифатите некаква промена или не, сетете се на некој од овие цитати на големите луѓе во врска со промените.

Светот каков што го креираме е резултат на нашето размислување. Не може да се промени без да го промениме нашето размислување.

Не мора да се менувате. Никаде не пишува дека опстанокот е задолжителен.

АЛБЕРТ АЈНШТАЈН

американски физичар и нобеловец

В. ЕДВАРДС ДЕМИНГ американски инженер и автор

Луѓето можат многу полесно да плачат, одошто да се менуваат.

Да се подобруваш, значи да се менуваш. Да бидеш перфектен, значи да се менуваш често.

ВИНСТОН ЧЕРЧИЛ британски државник

ЏЕЈМС БОЛДВИН американски писател

Оној што се опира на промена е креатор на трулежот. Единствена човечка институција што одбива прогрес се гробиштата.

Ако нешто не ви се допаѓа, променете го. Ако не може да го промените, променете го вашиот став.

МАЈА АНГЕЛУ

американска авторка и активист

ХАРОЛД ВИЛСОН британски државник



www.kapital.mk

Капитал број 911 14.04.2017

50 ЛИДЕРИ

ЏЕК ДОРСИ ИЗВРШЕН ДИРЕКТОР НА TWITTER

УСПЕХОТ НИКОГАШ НЕ Е СЛУЧАЕН Twitter не беше стартуван со тоа што основавме фирма, туку бидејќи имавме добра идеја.

Секој има идеја. Но, работата е да ја реализираш таа идеја и да привлечеш други луѓе да ти помогнат околу таа идеја.

Направете го секој детал префектен и лимитирајте го бројот на детали до перфекција.

Основач не е работа. Тоа е улога, став. И тоа е нешто што може да се случи повторно и повторно.

Не мора да почнете од ништо, за да направите нешто сериозно кое ќе може да влијае на светот.

Многу е комплексно да се направи нешто едноставно. Отсекогаш бев фасциниран од градовите и како тие функционираат. И си мислев како да програмирам за да можам да разберам како функционираат градовите.

Можете да се грижите за конкуренцијата...или можете да се фокусирате на тоа што допрва ве очекува и да возите посилно напред.

Џ

ек Дорси е американски претприемач и програмер кој на јавноста најмногу и е познат како извршен директор на Twitter. Тој исто така е основач и на компанијата Square за мобилни плаќања, а член е и на Управниот одбор на компанијата Wall Disney. Во 2012 година Дорси беше награден од страна на The Wall Street Journal за Иноватор на годината од областа на технологијата.

Успехот никогаш не се случува случајно.

Очекувај го неочекуваното. И кога и да е можно, обидете се вие да бидете неочекуваното.




Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.