912 kapital magazin

Page 1

АНАЛИЗА

СВЕТ

INTERVIEW:

РАСТЕ ИЗВОЗОТ НА УСЛУГИ ОД МАКЕДОНИЈА

ТУРЦИЈА МОЖЕ СКАПО ДА ГО ПЛАТИ РЕФЕРЕНДУМОТ КОЈ ЈА ПОДЕЛИ ЗЕМЈАТА

претседател на Управен одбор на Еуролинк Осигурување А.Д. Скопје

м-р МАРИЈА ТОМЕСКА

Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

WWW.KAPITAL.MK

COVER STORY

ЗА ФИРМИТЕ ПОМАЛКУ

ЗА ГРАЃАНИТЕ ПОВЕЌЕ

КРЕДИТИ

ПАЃА

КРЕДИТИРАЊЕТО НА ПРИВАТНИТЕ ФИРМИ

СОСТОЈБА НА КРЕДИТИ ( ВО МИЛИЈАРДИ ЕВРА ) НЕФИНАНСИСКИ ИНСТИТУЦИИ

2,05

2,11

2,20

2,36

1,75

2,34 2,12

1,99

1,89 1,68

2,49

1,76

ДОМАЌИНСТВА 1,57

1,16

1,17

1,23

II.09

II.10

II.11

1,33

II.12

1,42

II.13

II.14

II.15

II.16

II.17

Извор: Народна банка

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

РЕВИЗИЈА И КОНСАЛТИНГ:

КОЈ Е КОЈ НА МАКЕДОНСКИОТ ПАЗАР? БРОЈ 912 | ЦЕНА 100 ДЕН. 21 АПРИЛ 2017 | ПЕТОК | ГОДИНА 18

КОИ СЕ НАЈПАМЕТНИТЕ ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ?



3

Капитал број 912 21.04.2017

СОДРЖИНА

04 04

PROFILE

06

НАВИГАТОР

Макрон или Ле Пен или Фијон или Меланшон на чело на Франција Германските бизнисмени во Македонија се песимисти за економската состојба

08

COVER STORY

16

INTERVIEW

Секна кредитирањето на приватните фирми М-Р МАРИЈА ТОМЕСКА

претседател на Управен одбор на Еуролинк Осигурување А.Д. Скопје

20 40

БАЛКАН

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

42

УРБАНО ЖИВЕЕЊЕ

РЕВИЗИЈА И КОНСАЛТИНГ n Кој е кој во ревизорскиот бизнис во Македонија?

48

ЛУЃЕ И КОМПАНИИ

50

ЛИДЕРИ

20

ЕКОНОМИЈА

25 34

Срцето на компанијата се клиентите тие нè инспирираат во нашите иновации

ДОМАЌИНСТВА НАПРЕД, БИЗНИСИ СТОЈ!

34

Расте надворешниот промет на Македонија со услуги Половина од извозот на услуги е за лон доработки со транспортот сме во плус, со градежништвото во минус

СВЕТ

Турција може да го плати скапо референдумот што ја подели земјата Ердоган “избоксува” право да владее сам, и тоа долго

Словенија ќе го спасува Меркатор од хрватскиот газда Агрокор Словенците донесоа закон Лекс Меркатор Кои се најпаметните градови во светот? Рекоа за... етиката и моралот РИЧАРД БРЕНСОН иноватор

Бизнисот не се состои во носење на одела

ЛОН ЕКОНОМИЈА

СУПЕРПРЕТСЕДАТЕЛОТ

Салдото на кредити за приватните фирми е за 152,8 милиони евра помало годинава во февруари споредено со истиот месец лани, покажуваат најновите податоци на Народната банка. Тоа значи дека банките за една година одобриле 6,1% помалку кредити на бизнис секторот. Во исто време пак, кредитирањето на домаќинствата се зголемува. Статистиката евидентира пораст од 6,7% на кредитите што ги земаат граѓаните. „Во услови кога голем број инвестициски проекти се одложија моравме да направиме делумна промена на стратегијата за да не го изгубиме чекорот на пораст. “, коментираат банкарите.

Извозот на услуги во 2016 е поголем за 5,5% од 2015, а увозот за 1,85%. За пет години извозот на услуги пораснал за 35%, а увозот за 38,2%, а за една деценија пак, овој пораст е околу 100%. Размената на услуги ја следи трговијата со стоки, која што драстично порасна заради производството во фабриките на странските инвеститори во Бунарџик и другите индустриски зони. Речиси 50% од вкупната вредност на услугите – извоз и увоз – отпаѓа на категоријата Производни услуги за доработката на стоки во туѓа сопственост – или познато како лон производство.

Со тесната победа на Ердоган во Турција ќе продолжат тензиите и поларизацијата, освен ако и претседателот не осознае што значи победата во која половина од нацијата гласала „за“, а другата против. Освен што и дава сила на опозицијата и на граѓанското општество, слабата предност на Ердоган на референдумот може да значи и дека меѓународните актери ќе бидат покатегорични во притисокот Турција да продолжи да балансира на јажето со кое се настојува да остане врзана за светската демократија.

XX Стр. 8

XX Стр. 20

XX Стр. 34

Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје l Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31 l П. ФАХ 503, 1000 Скопје l Директор и одговорен уредник: Љупчо Зиков l Печати: Графички центар Скопје, ул. Скупи бб, 1000 Скопје l Тираж: 3.000 примероци l Датум на печатење: 20.04.2017


www.kapital.mk

Капитал број 908 24.03.2017

4

МАКРОН ИЛИ ЛЕ ПЕН ИЛИ ФИЈОН ИЛИ МЕЛАНШОН НА ЧЕЛО НА ФРАНЦИЈА

ИЗБОРИТЕ ОД КОИ ЗАВИСИ ИДНИНАТА НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА !?

Дипломатите не кријат дека во европските кругови во Брисел со недели се стравува од претседателските избори во Франција. Иако првичните стравувања дека овие избори ќе се надоврзат на Брегзит и Трамп ги ублажи поразот на екстремната десница во Холандија, никој не се осмелува целосно да ја отфрли можноста во Франција да победи Ле Пен. А поради бројните афери за некои од кандидатите досега немаше подлабоки анализи на нивната понуда – гласачите дури деновиве почнаа да се занимаваат со содржината, сметаат аналитичарите

В

недела, на 23 април, Французите гласаат на претседателски избори. Кандидатот на центарот, Емануел Макрон, води на анкетите со 24% (во моментов на затворање на овој текст), пред крајната десничарка Марин Ле Пен со 23%. Третото место со по 19% според истражувањата на мислењето на француската јавност, го делат десноцентристот Франсоа Фијон и

крајниот левичар Жан-Лук Меланшон. Политиките што ги предлагаат кандидатите се разгледуваат во ситуација кога Франција со невработеност од 10% е сè уште над просекот во еврозоната. Истовремено владата објави дека очекува економијата да порасне за 1,5% во тек на оваа и на следната година, пред растот постепено да стигне до 1,7% во 2020 година. Земјата е на пат во 2017

година да го постигне првиот буџетски дефицит во декадата што ќе биде во рамките на правилата на Европската унија. Власта прогнозира дефицит од 2,8% од БДП годинава, што е малку над претходните очекувања за 2,7%, но ќе биде прв од 2007 година наваму под наложениот праг од ЕУ од 3%. Ројтерс направи преглед на политиките што ги предлагаат четирите водечки кандидати.

ЈУНКЕР: ЌЕ ОБЛЕЧАМ ЦРНИНА АКО ПОБЕДИ ЛЕ ПЕН


www.kapital.mk

Капитал број 912 21.04.2017

PROFILE ЕМАНУЕЛ МАКРОН

Целите на Макрон вклучуваат одржување на: XXБуџетскиот дефицит под границата од 3% од БДП поставена од ЕУ XXНамалување на невработеноста до 7% до крајот на неговиот мандат XXИнвестициски план од 50 милијарди евра и заштеда на државните расходи што би достигнала 60 милијарди годишно до крајот на мандатот XXКорпоративниот данок да биде намален од 33% на 25% XX35-часовната работна недела да остане, но преговорите за реалните работни часови да бидат оставени на ниво на компании.

Инвестицискиот план на Макрон вклучува уште 15 милијарди евра за обука и за преквалификација на кадри со цел да си најдат работа. Тој, исто така предлага државата да вложи 15 милијарди евра за енергетски и еколошки цели, со цел свртување кон алтернативни обновливи извори. Во транспортот и локалната инфраструктура овој кандидат планира да насочи 5 милијарди евра, при што фокусот би бил на реновирањето на старите железнички линии наместо на изградбата на нови. Јавната администрација Макрон најавува дека ќе ја модернизира и компјутеризира со 5 милијарди евра.

МАРИН ЛЕ ПЕН

Лидерката на Националниот фронт предлага: XXИзлегување на Франција до еврозоната и спроведување на гласање за членството на државата во ЕУ XXИтно почнување на шестмесечни преговори со европските партнери за радикална промена на членството на државата во Унијата и за претворање на ЕУ во „слободен сојуз на држави без евро, без територии, во кој нема граници и заеднички буџетски правила“. На крајот на преговорите Ле Пен планира референдум за членството на Франција во Унијата, при што кандидатката ќе порача да се гласа за напуштање, ако ЕУ не успее доволно да се промени однатре XXПротерување на сите странци кои се следени од разузнавачките служби XXОдземање на француското државјанство на луѓе со двојно државјанство осудени за врски со џихадизмот XXНелегалните имигранти да не можат да го легализираат престојот во Франција.

Освен ова Ле Пен планира тендерите за јавни набавки да можат да ги добиваат само француски компании, тогаш кога разликата во цената не е премногу голема. Лидерката на Националниот фронт е со намера да воведе „интелигентен протекционизам“ од 3% царина на увозот, и да ги отфрли меѓународните трговски договори.

5

ФРАНСОА ФИЈОН

Економската стратегија на Фијон вклучува намалување на расходите на државата, разлабавување на рестрикциите за траењето на работната недела, и подигање на возраста за одење во пензија. XXУкинување на 35 - часовната работна недела и враќање на 39-часовната во државниот и приватниот сектор XXСкратување на работните места во државниот сектор за 500 илјади XXПодигање на возраста на која се оди во пензија на 65 години (во моментов истата е 62 години) XXКратење на државните расходи за 100 милијарди евра за 5 години XXНамалување на даноците и на давачките поврзани до големината на имотот/богатството за 50 милијарди евра уште од последното тримесечје на 2017 година.

Десноцентристот планира намалување на данокот на корпоративна добивка до 25% од актуелните 33,3%. На надворешно политички план Фијон повикува на потопли врски со Русија.

ЖАН-ЛУК МЕЛАНШОН Главните политики што ги предлага овој кандидат се:

XXЕкономски стимулации од 100 милијарди евра финансирани од заеми на владата XXНационализација во некои сектори и девалвација на еврото XXИзлегување на државата од НАТО, и можно напуштање и на Европската унија. Тој, исто така сака промена на Уставот за да се стави крај на она што го нарекува „претседателска монархија“ XXМеланшон ветува зголемување на државните расходи за 275 милијарди евра за 5 години, од кои 173 милијарди ќе отидат за покачување на платите и за создавање работни места, при што целта е невработеноста да се намали до 6% од актуелните 10% XXОколу 45 милијарди евра од дополнителните државни расходи ќе бидат трошени за социјални проекти како изградба на домови. Други 50 милијарди ќе обезбедат еколошки проекти како развој на алтернативни извори на енергија XXЕкипата на овој кандидат предвидува дополнителни приходи во државата од 180-190 милијарди евра поради повисокиот економски раст, намалувањето на невработеноста и даночната реформа, што ќе се одрази значајно врз приходите и активите на најбогатите.

Даноците врз малите и средните компании ќе бидат намалени, а данокот на корпоративна добивка ќе биде намален до 25% од актуелните 33%.

– ПОПУЛИСТИТЕ ИМААТ СЛОГАНИ, НЕ РЕШЕНИЈА


www.kapital.mk

Капитал број 912 21.04.2017

6

НАВИГАТОР ИЗЈАВА НА НЕДЕЛАТА

АРГИР: КЛИЕНТИТЕ НЕ ТРЕБА

> БРОЈКА

76%

од вработените во Македонија примаат плата помала од 20 илјади денари

Дојдено е време земјата да се придвижи напред, да се формираат државните институции, да се избере спикерот на Собранието и да се формира Владата

САМУЕЛ ЖБОГАР

шеф на делегацијата на ЕУ

Н

ашите клиенти не треба да се грижат за средствата вложени во НЛБ Банка и по немилиот настан што се случи минатата недела“, изјави претседателот на Управниот одбор на банката, Антонио Аргир говорејќи во контекст на кражбата во која вработен во банката украде околу три милиони евра. „Нашите колеги ќе ги надминат овие работи и ќе продолжат со успешно работење, како и досега. Клиентите

ГЕРМАНСКИТЕ БИЗНИСМЕНИ СЕ ПЕСИМИСТИ ЗА ЕКОНОМ

K

Компаниите членки на Македонско - Германското стопанско здружение и покрај тоа што се соочуваат со неповолните политички и социјални услови, и дури половина од нив ја оценуваат состојбата во Македонија како лоша, сепак повторно би се одлучиле својата инвестиција да ја реализираат овде. Во оваа анкета учествувале 71 компанија и во споредба со изминатата година тие општата економска состојба ја оценуваат дури за 12% како полоша. Од компаниите учесници на анкетата, дури 51% ја оцениле актуелната состојбата како лоша, а само 10% како добра. Во однос на очекуваната перспектива за тековната година 63% од испитаниците сметаат дека состојбата ќе остане непроменета, 26% очекуваат да има влошување, само 11% се оптимисти и очекуваат подобрување. Она што остана запомнето како позитивно, е оценувањето на сопствената деловна состојба, која е подобра од општата

ПАТРИК МАРТЕНС,

директор на Делегацијата на германското стопанство во Македонија

При оценувањето на клучните фактори во Македонија, германските компании што работат овде се жалат на дефицитот на правната сигурност, политичката и социјалната нестабилност, борбата против корупцијата и криминалот, дисциплината при наплата на побарувањата, но пред се непредвидливата политичка криза која има силно влијание на стопанскиот развој.


www.kapital.mk

Капитал број 912 21.04.2017

7

А ДА СЕ ГРИЖАТ ЗА ПАРИТЕ ВЛОЖЕНИ ВО НЛБ БАНКА не треба да се грижат за нивните средства. Ние продолжуваме со работа и ќе бидеме предвесници на новите технологии во банкарството“, рече Аргир. Претседателот на групација НЛБ од Љубљана, Блаж Бродњак, кој беше присутен на свеченоста, рече дека управата на банката има целосна доверба во НЛБ Банка. „Имаме целосна доверба во раководството на НЛБ Банка, која е најдобра банка во регионот. Остануваме и ќе инвестираме во

регионот и во Македонија“, рече Бродњак. За означување на јубилејот – 15 години – НЛБ Проклик, а во насока на дигитализирање на банкарското работење, НЛБ Банка прва на пазарот во Македонија воведува мобилно банкарство за правни лица за целосно работење со платниот промет во земјата – НЛБ мПроклик. Исто така, беше промовирана и новата платформа на НЛБ Проклик – електронското банкарство за правни лица со нови и подобрени функционалности.

НИ ВО МАКЕДОНИЈА МСКАТА СОСТОЈБА состојба во стопанството. Сопствената деловна состојба скоро половина од компаниите ја оценуваат како добра, 46% како задоволителна, а само 3% ја оценуваат како лоша. Со поголем оптимизам од минатата година гледаат германско - македонските компании на сопствената состојба во која се наоѓаат годинава: дури 54% од испитаните компании сметаат на подобрување на состојбата во нивните фирми, 43% прогнозираат дека нема да има промени во деловната состојба, а 3% прогнозираат дека ќе има влошување во споредба со 2016. Скоро идентични како и минатата година се плановите на компаниите во врска со отворањето на нови работни места и плановите за инвестиции: 44% од компаниите планираат да го зголемат бројот на вработените во однос на минатата година, 6% од компаниите планираат кратење на работните места, 50% од компаниите не планираат ниту зголемување ниту намалување на работните места. Дури за 10% повеќе од измината година поточно 44% од компаниите сакаат во 2017 да ги зголемат своите инвестиции. Само 13% од испитаните компании планираат кратење на средствата за нови инвестиции. Со најлоша оценка оваа година беше оценета политичката стабилност во земјата, а потоа следеа останатите фактори кои со години наназад не бележат подобрување: правната сигурност, борбата против корупција, не предвидливоста на економската политиката, транспарентност при јавните набавки, платежната дисциплината, инфраструктурата,

пристап до јавна и финансиска поддршка, како и условите за наука и развој. Патрик Мартенс, директор на Делегацијата на германското стопанство во Македонија и раководен член на Управниот одбор на МакедонскоГерманското стопанско здружение изјави дека е добар знак што поголем дел од компаниите и покрај одредени тешкотии сопствената деловна положба ја оценуваат како добра, односно задоволителна. „Во времиња кои се тешки и во политиката и во стопанството, не само во Македонија туку и насекаде во светот, важна е стабилноста и сигурноста на сопствената фирма. Годинава, како и во изминатите години, повторно истите фактори се оценети со оценка недоволен: правната сигурност, дисциплината при наплата на побарувања, политичка и социјална стабилност, транспарентноста при јавни набавки и борбата со корупција. Сево ова го спречува долгорочното планирање и доведува до неизвесност кај деловните луѓе, воедно како за домашните така и за странските инвестиции“, истакна Мартенс и додаде дека треба да се запрашаме колку политичката криза која трае веќе втора година влијаеше на оценувањето на состојбата во стопанството. „Во земјата работат повеќе од 200 компании со германски капитал кои вработуваат 15.000 лица, што игра важна улога на пазарот на трудот. Од овие причини многу брзо е потребно решение за актуелната политичка криза, која силно се пресликува на стопанството.“ nnn

> БРОЈКА

1.600

милијарди долари сокриле 50-те најголеми американски фирми во офшор зони

лидери

ДИТЕР ЦЕТШЕ

Daimler има двојно зголемен профит (4 милијарди евра) од јануари до март, во однос на 2016

ЛИ КУН-ХИ

Samsung се врати на првото место во продажба на мобилни телефони

не им беше неделата

БИНАЛИ ЈИЛДИРИМ

владата на Турција одбива соработка со ОБСЕ за расчистување на обвинувањата за манипулации на референдумот

НИКОЛАС МАДУРО

претседателот на Венецуела распоредува војска против протести на опозицијата


COVER STORY

www.kapital.mk

Капитал број 912 21.04.2017

8

COVER STORY

ПАЃА КРЕДИ НА ПРИВАТН

СОСТОЈБА НА КРЕДИТИ ( ВО МИЛИЈАРДИ ЕВРА ) НЕФИНАНСИСКИ ИНСТИТУЦИИ

2,05

2,11

2,20

2,36

1,75

2,34 2,12

1,99

1,89 1,68

2,49

1,76

ДОМАЌИНСТВА 1,57

1,16

1,17

1,23

II.09

II.10

II.11

1,33

II.12

1,42

II.13

II.14

II.15

II.16

II.17

Извор: Народна банка


Капитал број 912 21.04.2017 ЗА ГРАЃАНИТЕ ПОВЕЌЕ, ЗА ФИРМИТЕ ПОМАЛКУ КРЕДИТИ 9

www.kapital.mk

ИТИРАЊЕТО НИТЕ ФИРМИ

Салдото на кредити за приватните фирми е за 152,8 милиони евра помало годинава во февруари споредено со истиот месец лани, покажуваат најновите податоци на Народната банка. Тоа значи дека банките за една година одобриле 6,1% помалку кредити на бизнис секторот. Во исто време пак, кредитирањето на домаќинствата се зголемува. Статистиката евидентира пораст од 6,7% на кредитите што ги земаат граѓаните. „Во услови кога голем број инвестициски проекти се одложија моравме да направиме делумна промена на стратегијата за да не го изгубиме чекорот на пораст. Од овие причини се засили

кредитирањето на населението“, коментираат банкарите. Бизнисмените пак, велат дека банките одобруваат помалку кредити на бизнис секторот бидејќи имаат „посигурен“ клиент – државата што ја финансираат преку државните записи. „ваа кредитна политика има сериозни последици врз бизнисот, и токму поради тоа бевме гласни да не се кредитира државата кај домашните банки за да тие се трудат повеќе да го кредитираат реалниот сектор бидејќи само така домашните компании ќе прават повеќе инвестиции и обрт и со тоа ќе придонесат кон зголемување на БДП“, велат бизнисмените.


www.kapital.mk

Капитал број 912 21.04.2017

10

COVER STORY

КРЕДИТЕН РАСТ НА ПРИВАТЕН СЕКТОР ( ВО % )

39,2 34,4

30,5 25,0

21,0

3,5 2004

2005

2006

2007

2008

пишува:

С

Александар Јанев

aleksandar.janev@kapital.mk

Салдото на кредити за приватните фирми е за 152,8 милиони евра помало годинава во февруари споредено со истиот месец лани, покажуваат најновите податоци на Народната банка. Тоа значи дека банките за една година одобриле 6,1% помалку кредити на бизнис секторот. Во исто време пак, кредитирањето на домаќинствата се зголемува. Статистиката евидентира пораст од 6,7% на кредитите што ги земаат граѓаните со што вкупната задолженост достигна 2,18 милијарди евра.

2009

7,1 2010

8,5

2011

5,4 2012

Причините за намалувањето на кредитната активност на банките кон приватните компании може да се лоцира и кај банкарите но и кај бизнисмените. Од една страна, банкарите велат дека гледаат зголемен ризик во економијата и оценуваат дека фирмите немаат бонитет за дополнително задолжување. Но од друга страна, велат дека и побарувачката за корпоративни кредити била умерена. Банкарите објаснуваат дека се чувствува одредена апстиненција од инвестирање во исчекување на стабилизирање на политичката неизвесност, па така бизнисмените најчесто барале кредити за покривање на тековните финансиски потреби. Во такви услови, послабото кредитирање на корпоративниот сектор се надоместува со повеќе кредити за граѓаните. Ако се анализира наплатата на кредитите, произлегува дека тие се подисциплинирани клиенти за банките, а освен тоа, каматите на потрошувачките кредити, кредитните картички и минусите на тековните сметки за кои има најголем интерес, се највисоки, па оттаму и

6,4 2013

10,0

2014

7,7

5,6

7,0

2015 2016 2017 Извор: Народна банка

зголемувањето на кредитната активност во овој сегмент е очекувана. „Во услови кога голем број инвестициски проекти се одложија моравме да направиме делумна промена на стратегијата за да не го изгубиме чекорот на пораст. Од овие причини се засили кредитирањето на населението“, коментираат банкарите. Освен што расте кредитирањето на населението, податоците покажуваат дека банките се уште имаат голем интерес и за државните записи и обврзници што ги издава Министерството за финансии. Заклучно со февруари, банките во овие државни хартии од вредност имаат вложено над 522 милиони евра и оваа сума во последните месеци не се менува драстично. Но според планот на државата во Фискалната стратегија, само годинава државата планира да позајми од банките 138,8 милиони евра на нето основа. Од Стопанската Комора на Северозападна Македонија потврдуваат дека негативниот банкарски тренд во

ФАКТ: КРЕДИТИТЕ ЗА ФИРМИТЕ СО ЗНАЧИТЕЛЕН ПАД ВО ПРВИТЕ ДВА МЕСЕЦА


www.kapital.mk

Капитал број 912 21.04.2017

11 кредитирањето на фирмите чувствува во реалниот сектор и велат дека тоа создава дополнителна загриженост кај бизнисмените. „Банките одобруваат помалку кредити на бизнис секторот поради чиста економска логика – имаат сигурен клиент т.е. државата која што се финансира со државните записи, за кои гарантира државата. Од другата страна се бизнисите кои не можат да се кредитираат од странски банки поради разни причини и поради тоа единствени кредитори кај кои треба да имаме пристап до пари се домашните банки. Но таквото кредитирање е поризично, особено во овие тешки кризни времиња. Оваа кредитна политика има сериозни последици врз бизнисот, и токму поради тоа бевме гласни домашните банки да не ја кредитираат државата за тие да се трудат повеќе да го кредитираат реалниот сектор бидејќи само така домашните компании ќе прават повеќе инвестиции и обрт и со тоа ќе придонесат кон зголемување на БДП“, оценува извршниот директор на Стопанската комора на Северо-западна Македонија, Фатмир Битиќи. Тој вели дека „оваа длабока и долготрајна политичка криза допрва

ќе се чувствува во економијата поради таканаречените „временски задоцнувања“ бидејќи, бизнис секторот секако не ги чувствува промптно влијанијата на политичката криза“. И другите две најголеми стопански комори во земјава исто така оценија дека на компаниите им треба полесен пристап до финансиски средства. Богослав Ангелоски од Сојузот на стопански комори (ССК) изјави дека на фирмите им требаат кредити за да ги обноват своите машини со современа и висока технолошка вредност, заради добивање краен производ со поголема додадена вредност. Од Сојузот велат дека македонските компании имаат квалитетни производи и можат да се наметнат на странските пазари, но потребно е да се поддржат извозно – ориентираните фирми. „Пробивањето не е лесно и се потребни пари“. „Потребно е да се формираат фондови за одобрување строго наменски кредити со пониски каматни стапка за стимулирање на извозот на извозно ориентираните компании“, изјави претседателката на ССК, Данела Арсовска. Претседателот на Стопанската комора,

Бранко Азески пак, во интервју за Капитал истакна дека „треба да има конкретна алтернативна поддршка на домашниот бизнис која треба да оди преку државната развојна банка, Македонската банка за поддршка на развојот (МБПР). Нашето стопанство, како мала, отворена економија, за да одржи долгорочен раст, треба и понатаму да ја поддржува извозната ориентација на домашните компании“, изјави Азески.

Банкарите ќе ги олеснат условите за кредитирање

Проценките на банкарите, пак, анализирани од Народната банка во анкетата за кредитната активност направена во јануари годинава, се контрадикторни на статистичките податоци за кредитирањето. Според резултатите од анкетата, банкарите во четвртиот квартал од минатата година оцениле дека се забележува олеснување на вкупните услови за одобрување корпоративни кредити, но значително посилно во споредба со претходната анкета. „Една третина од банките укажуваат на олеснети кредитни услови во последниот квартал на годината, наспроти оцените за главно непроменети кредитни услови


www.kapital.mk

Капитал број 912 21.04.2017

12

COVER STORY

Т БРАНКО АЗЕСКИ

претседател на Стопанска комора на Македонија

реба да има конкретна алтернативна поддршка на домашниот бизнис која треба да оди преку државната развојна банка, Македонската банка за поддршка на развојот (МБПР). Нашето стопанство, како мала, отворена економија, за да одржи долгорочен раст, треба и понатаму да ја поддржува извозната ориентација на домашните компании.

во третиот квартал. За наредните три месеци банките упатуваат на понатамошно олеснување на кредитните услови на сите типови корпоративни кредити, слично како и во минатата анкета“, пишува во извештајот на Народната банка. Според согледувањата на банките за конкретните кредитни услови, оценетото олеснување на кредитните услови во последниот квартал е збирен ефект од позитивните поместувања кај сите индивидуални услови за одобрување корпоративни кредити. Притоа, позначително олеснување и натаму се забележува кај каматната стапка и некаматните приходи. Дополнително позитивно поместување се забележува кај условите поврзани со барањето за обезбедување и достасување на заемите наспроти претходните оценки за непроменетост на овие кредитни услови. Големината на заемот или на кредитната линија и натаму бележи умерено олабавување, слично како и во претходната анкета. Во поглед на факторите коишто делуваат врз условите за одобрување корпоративни кредити, слично на претходните анкети, конкуренцијата од другите банки и ликвидносната позиција на банките имаат најголем индивидуален придонес за олеснувањето на вкупните кредитни услов. Во однос на факторите поврзани со согледувањата за ризикот, во последниот квартал најголемиот дел од банките оценуваат дека овие фактори имаат неутрално влијание врз кредитните услови. „Ваквите оцени укажуваат на стабили-

Б ФАТМИР БИТИЌИ

извршен директор на Стопанска комора на Северозападна Македонија

анките одобруваат помалку кредити на бизнис секторот поради чиста економска логика – имаат сигурен клиент т.е. државата која што се финансира со издавање на државните записи. Оваа кредитна политика има сериозни последици врз бизнисот, и токму поради тоа бевме гласни домашните банки да не ја кредитираат државата за тие да се трудат повеќе да го кредитираат реалниот сектор бидејќи само така домашните компании ќе прават повеќе инвестиции и обрт и со тоа ќе придонесат кон зголемување на БДП.

зирање на согледувањата за ризиците кај банките, по регистрираното влошување во претходниот квартал, кога кај 1/3 од банките овие фактори придонесуваа кон затегнување на кредитните услови“, пишува во извештајот. Побарувачката на корпоративни кредити во последното тримесечје на 2016 година бележи натамошно зголемување на нето-основа, но двојно послабо во споредба со претходната анкета. Ваквото поместување кај оцените на банките произлегува од двојно поголемиот број банки коишто укажуваат на непроменета побарувачка за сите корпоративни кредити, за сметка на намалениот број банки коишто ја оценуваат побарувачката како делумно зголемена. Оценетото нетозголемување на побарувачката на кредитите на претпријатијата во четвртиот квартал е послабо во споредба со очекуваното во рамки на претходната анкета, а во наредниот период, банките упатуваат на натамошен раст на вкупната побарувачка, слично како и во претходната анкета. Во поглед на факторите коишто ја условуваат побарувачката на корпоративните кредити, индивидуалните фактори поврзани со потребите за финансирање (преструктурирањето на долгот, инвестициите во залихи и обртен капитал и инвестициите во основни средства) и натаму придонесуваат за зголемување на побарувачката на нето-основа, но значително послабо во споредба со претходната анкета. Од друга страна,

факторите поврзани со потребата за алтернативно финансирање во најголем дел имаат неутрално влијание врз вкупната побарувачка, со исклучок на заемите од останати банки коишто придонесуваат кон умерено намалување на побарувачката на корпоративни кредити. Проценките на народната банка се дека кредитниот раст годинава ќе достигне меѓу 6% и 7%, но овој раст главно ќе произлезе од кредитирањето на граѓани, наспроти послабата кредитна поддршка за фирмите. Проценувајќи ги трендовите во 2017 година, претседателот на Управниот одбор на ПроКредит банка, Јованка Јолеска Поповска истакна дека финансиските институции како банките се сензитивни на голем дел од промените на политичко и општествено поле, но турбуленциите на политичко поле во 2016 ја потврдија стабилноста и издржливоста на банкарскиот сектор. „Еден од поважните ризици на кои се обрнува внимание е кредитирање на долгорочни одржливи инвестиции и анализа на секоја кредитна изложеност засебно со цел помал пласман во нефункционални кредити. Минатата година се почувствува воздржаност од страна на малите и средни бизниси за планираните долгорочни инвестиции, пред сè поради неизвесноста на политичко поле. Доколку се стабилизира политичката ситуација, очекуваме дека претприемачите ќе реализираат дел од своите планови за раст и развој на бизнисите како за нови производни линии и процеси, така и за унапредување на постојаното производство и оптимизација



www.kapital.mk

Капитал број 912 21.04.2017

14

COVER STORY

на трошоците“, коментира Јолеска Поповска. Главниот финансиски директор на Комерцијална банка, Маја Стевкова Штериева објасни дека кредитната експанзија на банките ќе продолжи но ќе биде во линија со перцепцијата за ризик. „Во услови на отсуство на позначително забрзување на растот на економијата, а присутна политичка неизвесност, за банките останува доминантен кредитниот ризик. Растот на кредитите доминантно ќе се финансира од депозитната база, којашто остана стабилна, и покрај непотребните турбуленции во 2016 година, што се должи на високата доверба што економските субјекти ја имаат во банкарскиот систем на земјава. Дополнително, за банките останува ризикот од пролонгирање на меѓународните околности што продуцираат негативни каматни стапки на депозитите што банките од земјава ги депонираат кај странски банки“, оцени неодамна Штериева. Во однос на кредитната поддршка за граѓаните и фирмите, таа вели дека во делот на правни лица годинава Комерцијална банка ќе продолжи со внимателна кредитна политика бидејќи ризиците се уште постојат, а во сегментот домаќинства, се очекува умерен раст на кредитите. „Банката ќе настојува да ја зајакне конекцијата со постојните клиенти но паралелно ќе биде отворена и

за нови проекти за кои ќе процени дека се профитабилни со прифатливо ниво на ризик. Општиот економски амбиент е детерминиран од општите економски индикатори кои се познати и на кои Банката се прилагодува. Треба да се има предвид дека растот на кредитирањето треба да е паралелен со пораст на вкупната економска активност. Очекуваме и подобар општествено - политички амбиент кој несомнено ќе има позитивно влијание на економските трендови. Првиот клучен сигнал за позитивни промени ќе биде зголемувањето на кредитите за нови инвестиции кои беа под посакуваното ниво во претходните години“, истакна Штериева. Тони Стојановски, член на Управниот одбор на Стопанска банка изјави дека растот на кредитната активност на банките годинава се проценува дека ќе биде околу 6%. „Сепак, со оглед на ограничениот раст на економијата кој во еден значаен дел произлегува од активноста во слободните зони, не може да се очекува позначителна промена во структурата на кредитниот раст, односно и понатаму главниот предизвик и за банките и за компаниите е да се зголеми корпоративното кредитирање и тоа не само за одржување на постојното ниво на обртен капитал на компаниите туку и за нови инвестиции кои единствено можат да ја кренат стапката на раст на економијата до ниво од над 5% -

6%“, потенцира Стојановски и додава дека банките во текот на годинава ќе треба да се соочат и со предизвиците за усогласување со новите капитални барања кои произлегуваат од Базел 3, а неодамна беа вградени и во Законот за банките, како и барањата за усогласување со новиот Меѓународен Сметководствен Стандард 9, кој на ниво на ЕУ започнува со примена од јануари 2018 година. Ефтимоски од Стопанска банка Битола исто така вели дека банките ќе делуваат во функција на економскиот раст, финансирајќи ги и граѓаните но и приватните фирми. „Конкретно очекувам банкарскиот сектор да биде стабилен и во функција на економски раст, особено се надевам преку зголеменото ниво на кредитирање на население и многу повеќе на малите и средни македонски компании. Не постои опасност од загрозување на стабилноста и ликвидноста на банкарскиот систем. Посакувам и се надевам македонските компании да ја напуштат летаргијата со која се зафатени веќе подолг период, и тоа не по своја вина, туку поради политичките и економски состојби во земјата. Не очекувам да се случи драстично подобрување на работењето на бизнисот во земјата, но сепак се надевам на поголема раздвиженост, која ќе вроди со зголемено ниво на кредитирање и зголемен економски раст“, истакна Ефтимоски. nnn

БИЗНИСМЕНИ: БАНКИТЕ ДА НЕ ЈА КРЕДИТИРААТ ДРЖАВАТА ЗА ДА ИМА ПАРИ ЗА ФИРМИ



www.kapital.mk

Капитал број 912 21.04.2017

16 Еуролинк прославува 15 години работа на македонскиот пазар, а ние разговаравме со претседателот на Управниот одбор, м-р Марија Томеска за тоа кои се следните предизвици за компанијата што воведе многу иновации во осигурувањето и грижата за клиентите.

М-Р МАРИЈА ТОМЕСКА

ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УПРАВЕН ОДБОР НА ЕУРОЛИНК ОСИГУРУВАЊЕ А.Д. СКОПЈЕ

СРЦЕТО НА КОМПАНИЈАТА СЕ КЛИЕНТИТЕ ТИЕ НЀ ИНСПИРИРААТ ВО НАШИТЕ ИНОВАЦИИ XГX ѓо Томеска, после деценија и пол работа, како е позиционирана компанијата на домашниот осигурителен пазар? Остварени ли се целите и визијата? Изминативе 15 години, работевме на надминување на предизвиците од неразвиениот осигурителен пазар преку едукација на јавноста и развивање на свеста за важноста на осигурителната заштита. Во овој период и покрај сите предизвици, Еуролинк успеа да создаде солидна база на задоволни клиенти, да

изгради стабилни партнерски односи со бизнисите, да креира квалитетен стручен тим од над 240 професионалци и да се позиционира меѓу топ три компании за неживотното осигурување во земјата. И од аспект на раст и развој, како и од аспект на услуга и квалитет на осигурителните производи, целосно ги исполнуваме целите на компанијата. Нашата визија се базира на обезбедување подобар стандард во услугата, поголема вредност на продуктите, поголемо задоволство на нашите клиенти и вработени. Затоа над 450.000 клиенти го

одбираат Еуролинк за свој осигурителен партнер. Дополнително, секоја година го збогатуваме тимот со триесетина млади луѓе во кои инвестираме, во обуки и едукација. Имаме 30 филијали низ земјата, обезбедуваме 24-часовна линија за поддршка, купувањето на полисите и пријавувањето на штети веќе се достапни преку интернет, а наскоро за сите клиенти станува достапна и мобилна апликација за да ги опслужи клиентите и во движење. Како резултат на се поголемата препознатливост на компанијата, Еуролинк Осигурување е

НОВИТЕТ: “ДЕНОВИВЕ ЌЕ ЛАНСИРАМЕ МОБИЛНА АПЛИКАЦИЈА ЗА МН


www.kapital.mk

Капитал број 912 21.04.2017

ИНТЕРВЈУ избран за бренд на 2013/2014 и за 2015/2016 година. Постигнатото говори многу, но се разбира задоволството на клиентите бара континуирани залагања. Продолжуваме да ги носиме светските трендови во осигурувањето во Македонија, да обезбедиме најквалитетни услуги, да им помогнеме и на граѓаните и на компаниите да ја зголемат својата сигурност. Секако успехот не е случаен - резултат е на напорна работа на сите вработени во Еуролинк, на слободата на изразување на нови идеи и концепти и секако успешна имплементација на оние кои се од корист за нашите клиенти. Неминовно е да се спомене и вербата и довербата на сите клиенти во нашите производи и услуги. Целта е комплетна достапност, едноставност во интеракциите со нас, брзина во исполнување на очекувањата на нашите клиенти заштедувајќи го нивното време, пари и енергија. Срцето на компанијата се иновациите, тие го дефинираат нашиот пулс –брз и динамичен. XМинатата X година забележавте раст од 11% на продажбата, како помина првиот квартал од 2017г.? Какви се проекциите за до крајот на годинава? Резултатите за првиот квартал од 2017г. покажуваат тренд на раст во продажбата од 7%, што е над пазарниот просек. Минатата година постигнавме 11% раст во продажбата. Во 2016 г., согласно првично консолидираните податоци од НБО, Еуролинк, петта година по ред го задржува приматот на лидер во класата општо осигурување од професионална одговорност со највисоко пазарно учество од 26%, а оваа година стана и лидер во продажбата на осигурување од незгода со 18% учество на пазарот. Дополнително, Друштвото ја има и втората пазарна позиција во продажба на осигурување од пожар и здравствено осигурување, и задржува третото место на пазарот на неживотно осигурување со учество од над 11%. Овие резултати не се случија “преку ноќ”, тие се темелат на долгогодишната напорна работа на нашиот тим и исполнување на нашата стратегија, која е уникатна и се базира на креирање на долгорочен и здрав раст преку внимателно селектирање ризици и експлоатација на нови или малку застапени сегменти од пазарот. Нашата цел е да ги заштитиме граѓаните и имотите, да ги поттикнеме да ги разберат придобивките од посигурен живот, а со тоа да влијаеме врз подобрување на квалитетот на нивниот живот. Тука пред сè мислам на индивидуалните имотни осигурувања, осигурувањето на одговорност и здравственото осигурување. Оваа бизнис стратегија подразбира побавен, но долгорочно профитабилен раст. XВо X колкава мера успеавте да ги доближите незадолжителните типови осигурување до население-

то и компаниите? Каде има простор за најголем пораст во иднина? Силно сме посветени на иновативноста, креативноста и создавање на подобри услови за живеење на сите граѓани и веруваме дека преку промовирањето на незадолжителните осигурувања и нивно доближување до пошироката заедница, сме на добар пат да им помогнеме на граѓаните и на бизнисите да ги прифатат придобивките од истото. Нашите пакети за станбено осигурување - Доми Комплет, пакетите за бизнисите - Бизнис Комплет и за осигурување од професионална одговорност - Смарт Чојс, се креирани токму според потребите на граѓаните и бизнисите. За секое осигурување нудиме повеќе опции по оптимални цени, дизајнирани како избор на пакети достапни за сечија потреба. Во насока на незадолжителното осигурување, првпат во Македонија Еуролинк го воведува доброволното семејно приватно здравствено осигурување, кое претставува тренд и бележи рапиден раст во светски рамки. Среќни сме што токму Еуролинк го предводи овој тренд во Македонија. Факт е дека нашиот раст се должи токму на незадолжителните осигурувања кои секоја година се повеќе ги прифаќаат нашите клиенти. XКако X е прифатено доброволното здравствено осигурување кај јавноста? Во колкава мера компании се јавуваат како купувачи на овие полиси? Ова е сегмент во осигурувањето што е во зародиш во Македонија, има голем потенцијал. Оваа година се насочивме кон семејствата, со нашите пакети за Семејно приватно здравствено осигурување, што всушност претставува осигурување за целото семејство, со една заедничка полиса и широк опсег на осигурени ризици. Семејното приватно здравствено осигурување е наменето за сите кои сакаат да об ез б едат кв алитет на здравствена заштита за себе и членовите на своите семејства. Голем број граѓани на Македонија веќе редовно користат приватни здравствени услуги, а до скоро време немаа можност да купат приватно здравствено осигурување и да ја намалат изложеноста на потенцијално високите трошоци за приватно здравство, затоа нашиот продукт е одлично прифатен. Пакетите и цените се прилагодени целосно кон потребите на семејствата во Македонија. Засега интересот е подеднаков и од страна на компаниите и од страна на семејствата. XШто X подразбра пакетот за сеопфатно осигурување на семејството, објаснете малку подетално за нашите читатели? Семејното приватно здравс твено осигурување овозможува покривање на трошоците за лечење во приватниот здравствен систем, во сите приватни

17

здравствени установи во цела Македонија (како Систина, Ремедика, Филип Втори, итн.) и во странство на целото семејство, без ограничување. Ова осигурување ги покрива речиси сите приватни здравствени услуги, специјалистички постапки и операции, но и третман на тешки малигни заболувања. Важно е што се вклучени превентивни здравствени прегледи за сите членови на семејството. Со ова трошоците за лекувањето во приватно здравство стануваат наша обврска, а единственото за кое треба да се грижат нашите осигуреници е што поскоро да закрепнат и да имаат успешно лекување. Особена предност е можноста трошоците за болничко лекување да бидат платени директно на болницата од страна на Еуролинк. На барање од клиентите, овозможивме и покривање на трошоците за породување во некоја од приватните клиники. Веруваме, дека оваа новина ќе ги привлече граѓаните, со оглед на тоа што сите сакаме да ги обезбедиме за нашите најблиски најсоодветните услови во најважните моменти во животот. Добро здравје во семејството е приоритет за коjшто никој не прави компромиси. Во светот, семејствата соработуваат со осигурителните компании за да обезбедат врвна здравствена заштита и токму затоа решивме да овозможиме за нашите граѓани уникатен пакет за лекување на целото семејство во приватните здравствени установи. Семејното приватно здравствено осигурување наидува на одличен прием кај семејствата, затоа што го подобрува животниот стандард и ги прави посреќни и посигурни во својата иднина. XКон X кои активности ќе се насочите во иднина? Каде го гледате идниот развој на Еуролинк и осигурувањето во Македонија? Иднината и развојот ќе им припаднат на оние кои ќе овозможат најлесно достапни продукти прилагодени на брзиот и динамичен животен стил, а Еуролинк веќе работи на ова поле. Она што следно го воведуваме е достапноста до нашите продукти и услуги и преку мобилен уред со што ги штедиме парите и времето на нашите клиенти. Нашата нова мобилна апликација која треба да ја лансираме во наредните денови ќе им овозможи на нашите клиенти со еден клик да купат полиса, да пријават штета, да проверат статус на пријавената штета, да платат осигурување и да се информираат за сите понуди. Со тоа овозможуваме едноставност во интеракциите и како и досега се потврдуваме како предводници на најновите трендови во осигурителниот бизнис. Воедно, како и изминатите 15 години, остануваме посветени кон подобрување на стандардот на живеење и создавање на посреќно општество, преку сите наши сегашни и идни иновативни продукти и преку активно вклучување во заедницата во која живееме и работиме. nnn

НОГУ ЕДНОСТАВНО КУПУВАЊЕ ПОЛИСИ, ПРИЈАВУВАЊЕ ШТЕТА И СЛ.“


www.kapital.mk

Капитал број 912 21.04.2017

18

PR

MONTBLANC AUGMENTED PAPER

СПОЈ НА УБАВИНАТА НА РАЧНОТО ПИШУВАЊЕ И ДИГИТАЛНИОТ СВЕТ

ЗАПОЧНЕТЕ НА ХАРТИЈА ПРОДОЛЖЕТЕ СЕКАДЕ Montblanc Augmented Paper претставува уникатен инструмент за пишување кој со помош на најновата Bluetooth технологија ви овозможува да ги пренесете рачно пишаните белешки и цртежи во вашиот мобилен телефон или таблет, каде можете да ги измените, зачувате и споделите со помош на Montblanc Hub апликацијата.

В

одени од пионерскиот дух, уште од далечната 1906 година, Montblanc e брендот кој направи револуција во културата на пишување со своите иновативни инструменти. Фината изработка, традицијата и почитувањето на времето за изработка на неопходното, се одраз на чувства, убавина и култура. Со забрзаниот модерен живот, oвие вредности продолжуваат да се надградуваат и зацврстуваат, а стремежот на Montblanc кон иднината и урбаниот луксуз резултира со најновата технолошка иновација - Montblanc Augmented Paper, која го интегрира рачното пишување во модерните паметни уреди, со цел зголемување на продуктивноста и перформансите на секојдневното работење. Ви се случило ли некогаш да ги изгубите важните белешки запишани во вашиот нотес или едноставно со потешкотии да ги разберете забелешките напишани пред подолг временски период? Montblanc Augmented Paper е уникатен сет составен од специјален нотес и StarWalker инструмент

за пишување, сместени во кожно портфолио, кои со помош на најновата Bluetooth технологија ви овозможуваат да ги пренесете рачно пишаните белешки и цртежи во вашиот мобилен телефон или таблет, каде можете да ги измените, зачувате и споделите со помош на Montblanc Hub апликацијата. Montlbanc Augmented Paper препознава дури дванаесет странски јазици, вклучувајќи англиски, германски, руски, италијански, шпански и кинески, правејќи го совршен партнер за бизнис состаноци, подолги интервјуа или графички цртежи. Убавината на овој гаџет е во тоа што после некое време го препознава вашиот ракопис и истиот го конвертира во дигитален word документ, кој ќе ве чека на вашиот компјутер веднаш по завршувањето на важниот состанок. Воведете ја уметноста на традиционалното рачно пишување во дигиталниот свет со Montblanc Augmented Paper, достапен во Божиновски часовници и накит. nnn



Капитал број 912 21.04.2017

20

www.kapital.mk

ЕКОНОМИЈА

РАСТЕ НАДВОРЕШНИОТ ПРОМЕТ НА МАКЕДОНИ

ПОЛОВИНА ОД ИЗВОЗОТ УСЛУГИ Е ЗА ЛОН ДОРАБ

СО ТРАНСПОРТОТ СМЕ ВО ПЛУС, СО ГРАДЕЖНИШТВОТО ВО МИНУС Извор: НБРМ

ДИНАМИКА: ЗА ПЕТ ГОДИНИ НАЈГОЛЕМ РАСТ ИМА КАЈ ИЗВОЗОТ (3,2 ПА


www.kapital.mk

ИЈА СО УСЛУГИ

ОТ НА БОТКИ

Капитал број 912 21.04.2017

21 Учество на одредени категории услуги во вкупниот извоз на услуги во 2016 година 1,3%

0,3%

6,9%

Стоки за доработка во земјата Патување

10,0%

Телеком., компј., информациски услуги

46,8%

15,4%

Транспорт Други деловни услуги

7,1%

Лични, културни и рекреативни услуги Градежништво

12,2%

Останати услуги

Извор: НБРМ

Учество на одредени категории услуги во вкупниот увоз на услуги во 2016 година 1,9% 3,5% 1,3%

1,2%

10,8%

Стоки за доработка во земјата Патување Телеком., компј., информациски услуги Транспорт

39,6%

11,9%

Други деловни услуги Лични, културни и рекреативни услуги Надомест за користење интелектуална сопственост

15,9%

Градежништво

9,5% 4,4% пишува:

Р

Игор Петровски

igor.petrovski@kapital.mk

Расте извозот на услуги од Македонија последниве пет години, но расте и увозот, покажува статистиката на платниот биланс на земјата што ја води Народната банка – НБРМ. Минатата, 2016 година, извозот на услуги изнесувал 1,45 милијарди евра, што е за 5,5% повеќе во однос на 2015-та, додека увозот пораснал за 1,85% на 1,047 милијарди евра. Оттаму, нето позицијата на услугите трпи промена од 342 на 399 милиони евра, или 16,6% повеќе за една година. Во однос на 2012

Финансиски услуги Владини стоки и услуги

Извор: НБРМ

година на пример, извозот на услуги е пораснат за 35,5%, увозот пораснал за 38,2%, додека во нето износ се бележи пораст за речиси 29% или безмалку 90 милиони евра. Најголемо учество во размената на услуги со странство зазема категоријата Доработка на стоки во туѓа сопственост, која што во 2016 г. во вкупниот извоз на услуги учествува со безмалку половина или 46,8%, додека во увозот со 39,6%. На извозната страна овие услуги лани имале вредност од 994,9 милиони евра, а увоз од 679,6 милиони евра, што значи билансот е 315,3 милиони евра. Ова значи дека во Македонија влегле полупроизводи (облека, автомобилски делови, итн.) во вредност од речиси 680 милиони евра, и излегле како извоз со поголем степен на обработка вреден безмалку една милијарди евра. Извозот на вакви услуги, односно производи што се доработуваат во земјава лани бил за 4,7% помал во вредност во однос на 2015, додека увозот паднал за 3,7%. Нето билансот на крај е помал во вредноста за 6,9%.

АТИ) И УВОЗОТ (4,9 ПАТИ) НА ГРАДЕЖНИ УСЛУГИ, СО РАСТЕЧКИ ДЕФИЦИТ


www.kapital.mk

Капитал број 912 21.04.2017

22

ЕКОНОМИЈА (во милиони евра)

Вкупен извоз и увоз на услуги од и во Македонија во последните пет години Нето Извоз Увоз

2012

2013

2014

2015

309,4

374,9

383,9

342,0

2016 398,8

1.066,8

1.154,7

1.303,9

1.370,0

1.445,8

757,4

779,8

920,0

1.028,0

1.047,0

Производни услуги за доработка во Македонија на стоки во туѓа сопственост 2012

2013

2014

2015

2016

Нето

297,6

311,1

338,6

338,6

315,3

Извоз

850,5

872,9

997,8

1.044,1

994,9

Увоз

552,9

561,8

659,1

705,5

679,6 2016

Транспортни услуги 2012

2013

2014

2015

Нето

-30,8

3,3

11,0

43,6

51,9

Извоз

255,7

275,7

312,5

320,4

325,0

Увоз

286,5

272,4

301,5

276,8

273,1 2016

Патување 2012

2013

2014

2015

Нето

96,1

102,5

110,1

96,8

94,5

Извоз

183,1

200,8

221,9

240,4

256,9

Увоз

87,0

98,3

111,9

143,6

162,4

Градежништво 2012

2013

2014

2015

2016

Нето

7,9

-4,1

-40,8

-51,1

-39,8

Извоз

45,7

55,1

102,0

120,5

145,2

Увоз

37,8

59,2

142,9

171,6

185,0 2016

Телекомуникациски, компјутерски и информациски услуги 2012

2013

2014

2015

Нето

50,2

46,6

54,2

46,2

75,7

Извоз

106,0

119,7

121,3

129,8

150,5

Увоз

55,8

73,2

67,0

83,6

74,8

Финансиски услуги 2012

2013

2014

2015

2016

-18,6

-23,4

-27,8

-28,8

-30,4

Извоз

2,0

2,7

3,3

2,3

2,6

Увоз

20,6

26,1

31,1

31,1

32,9 2016

Нето

Други деловни услуги 2012

2013

2014

2015

Нето

-40,5

-4,7

0,2

-42,0

5,8

Извоз

147,7

158,2

167,4

175,7

210,2

Увоз

188,3

162,9

167,3

217,7

204,4

Извор: НБРМ

Извозот на услуги во 2016 е поголем за 5,5% од 2015, а увозот за 1,85%. За пет години извозот на услуги пораснал за 35%, а увозот за 38,2%, а за една деценија пак, овој пораст е околу 100%. Размената на услуги ја следи трговијата со стоки, која што драстично порасна заради производството во фабриките на странските инвеститори во Бунарџик и другите индустриски зони. Речиси 50% од вкупната вредност на услугите – извоз и увоз – отпаѓа на категоријата Производни услуги за доработката на стоки во туѓа сопственост – или познато како лон производство. Странските инвестиции ја сменија структурата и вредноста на лон производството

Она што се забележува од статистиката на платниот биланс на НБРМ е значителниот пораст на вредноста на услугите во изминативе десет години. Така, ако во 2006 година вкупниот извоз на услуги изнесувал 602 милиони евра, а увозот 450 милиони, во 2016-та извозот е 2,4 пати поголем, а увозот пораснал за 2,33 пати. Растот се забележува кај сите категории, иако предничат веќе споменатите доработки на стоки во туѓа сопственост, кои што пред 10 години изнесувале 504 милиони евра извоз и 367.3 милиони евра увоз,



www.kapital.mk

Капитал број 912 21.04.2017

24

ЕКОНОМИЈА (во милиони евра)

Услуги во кои што Македонија има суфицит во 2016 г. Извоз

Увоз

Нето

Стоки за доработка во земјата

994,9

679,6

315,3

Патување

256,9

162,4

94,5

Телеком., компј., информациски

150,5

74,8

75,7

Транспорт

325,0

273,1

51,9

Други деловни услуги

210,2

204,4

5,8

28,1

22,5

5,6

Лични, културни и рекреативни

Услуги во кои што Македонија има дефицит во 2016 г. Извоз Надомест за користење

Увоз

Нето

7,0

60,3

-53,3

145,2

185,0

-39,8

Финансиски услуги

2,6

32,9

-30,3

Владини стоки и услуги

3,3

20,0

-16,7

Осигурителни и пензиски услуги

0,0

5,1

-5,1

Поправки и одржување

1,7

6,2

-4,5

Градежништво

Извор: НБРМ

додека лани се речиси двојно повеќе, и кај двете ставки. Она што истакнуваат нашите соговорници на темава, познавачи на надворешно -трговските прилики на Македонија, е дека отворањето на неколкуте фабрики на странските инвеститори во слободните економски зони е клучниот фактор за ова зголемување на вредноста на извозот и увозот на услуги за доработка на стоки. Ако порано оваа доработка, или т.н. лон производство се однесуваше претежно за текстилната индустрија (доработка на лесна или тешка конфекција во домашните текстилни фабрики и повторно излегување на готовата облека од Македонија, н.з.), сега на доработка доаѓаат полупроизводи од хемиската, индустријата за автомобилски делови, итн., кои што, исто така, се доработуваат во земјава и потоа излегуваат како извоз со поголема додадена вредност. Ова се поткрепува и со официјалната државна статистика за надворешната трговија, каде што за 2016 година, вкупниот извоз од Македонија е 4,33 милијарди евра, при што извоз на лон производство е 992,4 милиони евра ( токму 994,9 милиони евра е вредноста на извозот на услуги во категоријата доработка на стоки во туѓа сопственост, н.з.). Притоа, во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите за проводници за палење и сл. за возила, авиони или бродови, фероникелот и облеката. Увозот пак лани бил 6,1 милијарди евра, од кои што лон во вредност од 682,5 милиони евра (679,6 милиони евра се услугите за доработка на производи што ги бележи НБРМ, на увозната страна, н.з.). Во вкупниот увоз доминираат платината и нејзините легури, нафтени масла, други метали, итн.

Најголем дефицит во билансот на услугите за користење интелектуална сопственост

Зголемувањето на надворешната трговија на стоки, следено од порастот на вредноста на услуги во лон производството, ја следи и зголемувањето на транспортните услуги, финансиските и други деловни услуги, а пораст во платниот биланс на државата бележат и ставките за градежни услуги, туристички услуги, телекомуникациски услуги, итн. Со таа разлика што, во категориите услуги за доработка на стоки, телекомуникациски, компјутерски и информациски услуги, транспорт, лични, културни и рекреативни услуги, како и категоријата други деловни услуги, земјата бележи суфицит во платниот биланс, при што најголем е во првоспоменатата категорија, 315,3 милион евра, а најмал кај лични, културни и рекреативни услуги, 5,6 милиони евра. Додека, пак најголем дефицит Македонија има во категоријата услуги означена како надомест за користење на интелектуална сопственост, 53,3 милиони евра, потоа во градежништвото речиси 40 милиони евра, во финансиските услуги 30,3 милион евра и во ставката владини услуги 16,7 милиони евра, осигурителни и пензиски услуги 5,1 милиони евра и на крајот, за услуги поправки и одржување дефицитот е 4,5 милиони евра. Карактеристично е што изминативе неколку години расте извозот, но и увозот на градежни услуги, со тоа што увозот расте со поголема динамика, па се продлабочува и дефицитот во оваа категорија. Објаснувањето е со поголемите ангажмани на странска градежна оператива на изградбата на патишта во Македонија, финансирани од странски кредитни линии. Во делот пак, на транспортните услуги, последниве пет години се забележува пораст на нето вредноста на билансот, односно од негативен (-30,8 милиони евра) во 2012 година, стигнал до речиси 52 милиони евра во 2016та. Ова, повторно се должи на зголемената ангажираност на домашните превозници при увозот и извозот на суровини и готови производи од странските директни инвестиции. nnn


СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

РЕВИЗИЈА И КОНСАЛТИНГ

РЕВИЗИЈА И КОНСАЛТИНГ

КОЈ Е КОЈ ВО РЕВИЗОРСКИОТ БИЗНИС ВО МАКЕДОНИЈА?


www.kapital.mk

Капитал број 912 21.04.2017

26

РЕВИЗИЈА И КОНСАЛТИНГ

КОЈ Е КОЈ

ВО БИЗНИСОТ СО Најголеми ревизорски компании во Македонија Вкупни

Вкупни

Промена

1

( во евра ) приходи 2015 приходи 2014 ПрајсвотерсКуперс Ревизија 1.234.622 1.020.973

(%) 20,93%

2

Deloitte

923.776

789.732

16,97%

3

КПМГ Македонија

721.480

735.008

-1,84%

4

Grant Thorton

701.092

656.799

6,74%

5

Ернст и Јанг Македонија

513.134

569.057

-9,83%

6

БДО

502.651

405.504

23,96%

7

РСМ Македонија

309.568

271.628

13,97%

8

Боро и Љупчо ДОО

239.252

222.650

7,46%

9

Мур Стивенс

234.390

206.943

13,26%

201.065

146.456

37,29%

10 Бренд Ревизија и Консалтинг Тетово

ФАКТ: 10-ТЕ НАЈГОЛЕМИ РЕВИЗОРСКИ КУЌИ ВО 2015 Г


www.kapital.mk

РЕВИЗИЈА? Според податоците од Советот за унапредување на ревизијата во Македонија има 27 друштва за ревизија и 13 овластени ревизори трговци – поединци, кои имаат лиценца за работа. Во овој прилог фокусот го ставаме на 10-те најголеми ревизорски куќи во Македонија и анализираме кои се нивните сопственици, колкави приходи остваруваат, кои се нивни најголеми клиенти, колкава осигурителни полиси имаат за евентуални штети од професионална одговорност. Според податоците од Советот за унапредување на ревизијата, 10-те најголеми ревизорски куќи во Македонија во 2015 година, (ова е последна година за која имаат доставено податоци ) оствариле вкупни приходи од 5,5 милиони евра.

Капитал број 912 21.04.2017

Р

27

Ревизорите играат клучна улога во ефикасното функционирање на пазарите на капитал, финансискиот систем... Бидејќи преку нивните извештаи се зголемува довербата на јавноста и сите заинтересирани страни кои носат одлуки за инвестирање. После финансиската криза од 2008 година прилично се намали довербата во ревизорските куќи и во финансиското известување. Но, и покрај се независниот ревизорски извештај се уште се смета како многу важен документ за инвеститорите во секоја пазарна економија, кој го зголемува кредибилитетот на податоците објавени во финансиските извештаи, со оглед на тоа дека секој инвеститор своите одлуки ги базира врз точни и објективни информации. По правило големите компании секогаш одбираат ревизори од т.н The Big 4 или големата четворка во која влегуваат Deloitte, PwC, Ernst & Young и KPMG. По автоматизам, истите ревизорски куќи најчесто ги бираат и нивните филијали и подружници од целиот свет. На пример, ревизијата на Џонсон Мети во Велика Британија ја прави KPMG LLP, ревизијата на работењето на Џонсон Мети во Македонија го прави и КПМГ Македонија. Но, фактот дека ревизијата ја прави некоја од големите ревизорски куќи никако не е гаранција дека работењето на ревидираната компанија е беспрекорно и дека нивните финансиски извештаи не се “фризирани”. Тоа повеќе покажува намера на компанијата да покаже дека е сериозна во работењето. Сепак, се смета дека големите ревизорски куќи се поотпорни на притисоците од страна на компаниите кои ги ревидираат да ги направат ревизорските извештаи поинакви од реалната финансиска состојба во компанијата. Додека помалите ревизорски куќи во битката да преживеат на пазарот и да дојдат до нови клиенти можат да влезат и во одредени “дилови” со менаџментот да затворат очи за некои проблеми кои постојат во работењето на компаниите и тие да не се појават во ревизорските извештаи. Или пластично кажано да добијат понуда од менаџментот на компанијата која ја ревидираат што не

ГОДИНА ОСТВАРИЛЕ ПРИХОДИ ОД 5,5 МИЛИОНИ ЕВРА


www.kapital.mk

Капитал број 912 21.04.2017

28

РЕВИЗИЈА И КОНСАЛТИНГ

можат да ја одбијат за да ги разубават и нашминкаат извештаите. За возврат би можеле да добијат поголем надомест или, пак, компанијата да стане корисник на нивните консултантски и советодавни услуги. Иако овие практики се ретки или барем ретко се зборува за нив во јавноста, реалноста покажува дека изминативе години имавме повеќе случаи (за кои Капитал ќе пишува во некои од следните специјализирани прилози за оваа област), компании да банкротираат заради неликвидност, а ревизорите во ревизорскиот извештај воопшто не предупредиле дека компанијата има некакви проблеми. Но, досега во Македонија никој не ги повикал јавно ревизорите на одговорност за погрешно ревизорско мислење, иако законите предвидуваат таква одговорност. Последниот случај со хрватскиот гигант Агрокор, кој преку ноќ дојде до банкрот, на повеќе нивоа отвора прашања за улогата на ревизијата. Односно, како можно компанијата одеднаш да влезе во неликвидност, а во ревизорските извештаи на компанијата ревизорите воопшто не предупредиле за таква можност. Во случајот на Агрокор веќе се најавува дека многу брзо ќе следи ревизија на ревизијата, односно повторно ревидирање од страна на еден или повеќе неутрални ревизори. Доколку се утврди дека финансиските извештаи не ја прикажуваат вистинската и реална состојба на имотот, обврските, капиталот, долговите и финансиските резултати,одговорноста на ревизорите може да биде многу голема. Секако дека ревизорите се осигуруваат кај осигурителните куќи од професионална одговорност и евентуалната штета од нивното погрешно мислење се покрива од тоа осигурување, но полисата од такви штети кај повеќето ревизорски куќи е релативно мала. Ако штетата е повисока, таа оди на товар на ревизорската куќа или дури и на овластените ревизори како физички лица или сопственици во ревизорската компанија. Колку за потсетување, светскиот играч Артур Андерсон буквално исчезна како ревизорска компанија, бидејќи ги потпишувал финансиските извештаи на енергетскиот гигант Енрон, кој не биле вистините и нереално ја одразувале состојбата во компанијата која банкротираше, а со таквите извештаи биле залажувани сите акционери, добавувачи, инвеститори, банки... Значи ревизорите со својот потпис одговараат за тоа дали финансиските извештаи реално ја претставуваат состојбата во компанијата, додека за вистинитоста на финансиските извештаи одговараат самите менаџери и членови

на управата кои ги потпишуваат финансиските извештаи. Ако се докаже дека финансиските извештаи биле лажни можат да одговараат за проневера на акционерите, инвеститорите и добавувачите.

Кој е кој во ревизијата во Македонија

Ревизијата во Македонија е регулирана во Законот за трговски друштва кој беше донесен уште 2004 година и Законот за ревизија од 2010 година. Согласно Законот за трговски друштва обврска за ревизија имаат средните и големите акционерски друштва и друштвата со ограничена одговорност, друштвата чии хартии од вредност котираат на берза, банките, друштвата за осигурување и другите финансиски институции, кои по природата на својата работа се класифицираат како големи трговци. Согласно Законот за ревизија, ревизија во Македонија може да врши само ревизор организиран како друштво или како трговец поединец доколку поседува лиценца за работа, која што сега според новите законски измени ќе ја издава новоформираниот Совет за унапредување на ревизијата, наместо Министерството за финансии. За да добие лиценца за работа друштво за ревизија треба да има вработено најмалку два овластени ревизори со лиценца, мнозинскиот удел во друштвото да е во сопственост на овластените ревизори и да има полиса за осигурување од професионална одговорност. Во суштина ревизија претставува независно испитување на финансиските извештаи или консолидираните извештаи и на финансиските информации, со цел да се изрази мислење во врска со нивната вистинитост и непристрасност и нивната усогласеност со прифатената рамка за финансиско известување. Овластените ревизори во ревизорскиот извештај даваат стручно мислење за реалноста и објективноста на состојбата на имотот, капиталот, обврските и резултатите за работење. Според податоците од Советот за унапредување на ревизијата во Македонија има 27 друштва за ревизија и 13 овластени ревизори трговци – поединци, кои имаат лиценца за работа. Во овој прилог фокусот го ставаме на 10-те најголеми ревизорски куќи во Македонија и анализираме кои се нивните сопственици, колкави приходи остваруваат, кои се нивни најголеми клиенти, колкава осигурителни полиси имаат за евентуални штети од професионална одговорност. Според податоците од Советот за унапредување на ревизијата, 10те најголеми ревизорски куќи во

Македонија во 2015 година, (ова е последна година за која имаат доставено податоци ) оствариле вкупни приходи од 5,5 милиони евра. Големата ревизорска четворка е присутна во Македонија. Но, иако некои од ревизорските куќи во Македонија се членки на познатите светски и реномирани ревизорски куќи, секоја од фирмите членки во земјава е посебен правен субјект кој сам одговара за своите обврски.

ЕВЕ КОИ СЕ НАЈГОЛЕМИТЕ РЕВИЗОРСКИ КУЌИ ВО МАКЕДОНИЈА:

n ПРАЈСВОТЕРСКУПЕРС РЕВИЗИЈА ДОО СКОПЈЕ ПрајсвотерсКуперс Ревизија ДОО Скопје е најголема ревизорска куќа во Македонија, барем според приходите кои ги остварува. Во 2015 година компанијата имала вкупни приходи од 1,2 милиони евра и единствена компанија во овој бизнис која има годишни приходи над еден милион евра. ПрајсвотерсКуперс Ревизија ДОО Скопје е основано како друштво со ограничена одговорност во 2008 година. Согласно со одредбите на Законот за ревизија, ПрајсвотерсКуперс Ревизија ДОО поседува полиса за осигурување во Еуролинк Осигурување од професионална одговорност со вкупна осигурена сума од 10 милиони долари, што е најголема осигурителна полиса од професионална одговорност од сите останати ревизорски куќи во земјава. ПрајсвотерсКуперс Ревизија има 29 вработени, од кои 4 се овластени ревизори. Основната главните на друштвото изнесува 5 илјади евра. Како сопственици на ПрајсвотерсКуперс Ревизија се јавуваат ПрајсвотерсКуперс Дооел Скопје со 49% од капиталот, Љубе Ѓорѓиевски кој е овластен ревизор и сопственик на 25,5% и кој се јавува како управител, и Драган Давитков, како овластен ревизор кој е сопственик на 25,5% од фирмата. ПрајсвотерсКуперс Ревзија исто така се јавува и како 100% сопственик на регистрираната подружница ПрајсвотерсКуперс ДОО Сараево. ПрајсвотерсКуперс Дооел Скопје е членка на PricewaterhouseCoopers International Limited од Англија. ПрајсвотерсКуперс Ревизија годишно прави над 50-тина ревизии на компании, банки, меѓу кои Македонски Телеком, Каменимост Комуникации, Окта, Пивара, Империал Тобако, ЕФТ Македонија, Филип Морис, Џонсон Контролс, Халк Банка, Еуролинк Осигурување, Кромберг и Шуберт, Веибо груп , ЈП Македонски шуми, Порше Македонија, Цементарница Усје и други.

ФАКТ: ВО МАКЕДОНИЈА ИМА 27 ДРУШТВА ЗА РЕВИЗИЈ


www.kapital.mk

Капитал број 912 21.04.2017

29

n DELOITTE ДОО СКОПЈЕ Друштвото за ревизија, консалтинг и даночни услуги Deloitte ДОО е втор по големина ревизор во Македонија, кој постои од 1994 година. Во 2015 година вкупните приходи изнесувале 923 илјади евра. Вo Deloitte ДОО Скопје се вработени 22 лица, а основната главнина изнесува околу 16 илјади евра. Најголем сопственик е Лидија Нануш, како овластен ревизор, која воедно е и управител, која поседува 30% од друштвото. Втор најголем сопственик е Deloitte d.o.o Белград кој поседува 25% од капиталот, Deloitte Central Europe Holdings Limited со седиште на Кипар поседува 24%, а овластениот ревизор Александар Аризанов кој е сопственик на 21% од друштвото Deloitte ДОО Скопје. Покрај Лидија Нануш, како управител во Deloiite ДОО Скопје се јавува и Милош Мацура. Deloitte ДОО Скопје има годишно осигурување од одговорност во Еуролинк со минимална сума за покривање на штетен настан од 24.600.000 денари или 400 илјади евра. Deloitte ДОО Скопје е членка на матичното друштво Deloitte Touche Tohmatsu Limited од Велика Британија, но секое друштво е посебен правен субјект кои посебно одговара за своите обврски и делување. Во текот на 2015 година клиенти на Deloitte ДОО биле повеќе компании кај кои е извршена законска и договорна ревизија, меѓу кои се Алкалоид, Мастербет, Макотен Гевгелија, Балкан

Енерџи Груп, Алајанс Уан, Близу, Ассеко Сее, Стопанска банка Скопје, Горење, Дојран Стил, Евроинс Осигурување и други.

ПроКРедит, Соравиа, ТАВ МАкедонија, ТЕ-ТО Скопје, Фондација Отворено општество Македонија, Џонсон Мети,Халк Банк и други.

n КПМГ МАКЕДОНИЈА

n GRANT THORNTON ДОО

Друштвото за ревизија КПМГ е трет најголем ревизор според остварените приходи од 721 илјади евра во 2015 година. Друштвото е основано во 1995 година како друштво со ограничена одговорност, за вршење на дејност ревизија и за други дејности од внатрешниот и надворешниот промет, со основна главнина од 13.860 евра. Најголем поединечен сопственик на КПМГ Македонија е КМПГ ЦЕЕ Холдинг Лимитед со седиште на Кипар,кој поседува 49% од КПМГ Македонија. Сопственици се и двајцата управители, Гордана Никушевска, овластен ревизор и управител која поседува 26% удел и Срѓан Ранѓеловиќ, овластен ревизор кој поседува 25% удел во друштвото. На крајот на 2015 година во КПМГ Македонија имало 37 вработени. КПМГ Македонија има годишно осигурување од одговорност кое исполнува покриеност по настан од 400.000 евра. КПМГ Македонија е асоцирано со КПМГ Интернешнл Кооператив, швајцарско правно лице. Во списокот на клиенти каде КМПГ Македонија има правено ревизија се повеќе компании, банки и институции, меѓу кои поголеми се Алфа Банка, Аџибадем Сиситина, ВИП, Дрекслмајер, ЕВН, ИМБ Млакара Битола, Комерцијална банка, Лукоил, Макстил,

Grant Thornton ДОО Скопје е четврта најголема ревизорска куќа според остварените приходи од 700 илјади евра во 2015 година. Друштвото е основано во 2003 година за сметководствени, ревизорски работи и даночно советување. Во Grant Thornton има 21 вработени, од кои 6 овластени ревизори, и друштвото нема подружници во странство. Ревизорската куќа Grant Thornton во Македонија се води како членка на Grant Thornton International со седиште во Лондон со која има потпишано договор за користење на името и договор за членство, но сопственици на друштвото се три физички лица. Најголем сопственик е Ружа Филипчева која е сопственик на 80% , Марјан Андонов и Сузана Ставриќ, кои се сопственици на 10% од фирмата, кои воедно се и управители на друштвото. Согласно со одредбите на Законот за ревизија, Grant Thornton e осигурено од одговорност од штета предизвикана при вршење на професионална дејност со лимит по штетен настан до 3 милиони евра кај AIG Europe/ Еуролинк Осигурување. Според податоците, Grant Thornton во 2015 извршила во повеќе компании, банки, меѓу кои се Адора, Виталиа, Витаминка, ГА-МА, ИГМ Трејд, Млекара

ЈА И 13 ОВЛАСТЕНИ РЕВИЗОРИ ТРГОВЦИ - ПОЕДИНЦИ


www.kapital.mk

Капитал број 912 21.04.2017

30

РЕВИЗИЈА И КОНСАЛТИНГ

Здравје Радово,Тинекс, Оилко, Макпетрол, ЈП Водовод и канализација, СИС Балкан, Стопанска банка Битола, Капитал банка, Еуростандрад банка, Македонската берзаМ-Нав, Народна Банка, Охис, МЕПСО, МБПР, Ракометниот и фудбалскиот клуб Вардар, Спортскиот центар Јане Сандански, УНИ Банка, ФЗЦ 11 Октомври, ЦМБ Балканс, Агенцијата за вработување, Агенцијата за електронски комуникации,

n ЕРНСТ И ЈАНГ ОВЛАСТЕНИ РЕВИЗОРИ ДОО Ернст и Јанг овластени ревизори ДОО Скопје е регистрирана како друштво со органичена одговорност. Компанијата е основана од 1997 година со акционерски капитал од 1.887.500 денари. Ернст и Јанг овластени ревизори ДОО е член на Ернст и Јанг глобал лимитед. Најголем сопственик на 49% од друштвото е Ернст и Јанг Југоисточна Европа паблик лимитед Никозија, потоа овластените ревизори Владимир Соколовски со 48% и Јасна Дуковска Јегени со 3% сопственост во друштвото. Друштвото е раководено од тројца сопственици, преку назначени менаџери. Друштвото има двајца администратори, Николај Гарнев и Јасна Дуковска, која како што стои во Извештајот испратен до Советот за унапредување и надзор на ревизијата во Македонија, од крајот на февруари 2016 година е заменета од Владимир Соколовски. Ернст и Јанг Овластени ревизори ДОО има филијала и во Тирана Албанија. На крајот на 2015 година друштвото имало 19 вработени, од кои тројца овластени ревизори. Поголеми клиенти на Ернст и Јанг во 2015 година биле Охридска банка, Цементарница Усје, НЛБ Тутунска, Шпаркасе Банка, Триглав Осигурување, НПФ Пензиски фонд, Сава Осигурување, КБ Прво пензиско друштво, потоа компаниите Вабтек, странските инвеститори во зоните, Вистеон, Ван Хол, Кемет електроникс, и уште многу други.

n БДО Според податоците доставени до Советот за унапредување на ревизијата, шеста најголема ревизорска куќа е БДО со остварени приходи од 511 илјади евра во 2015 година. Друштвото за ревизија БДО е основано во 1999 година, но до 2011 година постоело како Димитров ревизија, кога станува член на BDO International Limited и го менува името. Во БДО се вработени 28 лица, и имало девет овластени ревизори. Друштвото за ревизија БДО има основна главнина од 20 илјади евра, а најголеми сопственици се Драган Димитров, кој е овластен ревизор и

сопственик на 51% од капиталот. БДО ДОО Белград е втор најголем сопственик кој поседува 25% од капиталот. Овластениот ревизор Душан Димитров е сопственик на 19%, овластениот ревизор Звонко Кочовски поседува 2,5%, а овластениот ревизор Елена Петровска Лазаревски е сопственик на 2,5%. БДО има годишно осигурување од професионална одговорност во износ 250 илјади евра. Во текот на 2015 година друштвото БДО ревидирало 65 компании, меѓу кои се наоѓаат ИМБ Полог, Златна Копачка, Повардарие Неготино, Македонски институт за Медиуми, Инекс Дрим, Галеб Охрид, КБ Публикум Инвест, Бучим, Сити Плаза, Гемак Трејд, Копер Инвестментс и други.

n РСМ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Друштвото за ревизија Ценсум, кое во 2015 година стана полноправен член на RSM International и се ребрендираше во РСМ Македонија Дооел Скопје, е седма по големина ревизорска куќа во Македонија, со остварени приходи од 309 илјади евра. РСМ Македонија е регистрирано како друштво со ограничена одговорност од едно лице- Дооел, со основна главнина од 5 илјади евра, а основач и сопственик на друштвото е овластениот ревизор Стојан Јорданов. Во друштвото се вработени 27 лица, од кои двајца овластени ревизори. Меѓу компаниите кај кои друштвото РСМ Македонија правело ревизија во 2015 година се Државна Лотарија, Државен завод за ревизија, Интраком, Медиа Хаус, МАкедонска радио-телевизија, ЈСП Скопје Струмица Табак, Мебел Ви и други.

n БОРО И ЉУПЧО ДОО (Б И Љ) Друштвото за ревизија, проценка и финансиски консалтинг БиЉ( Боро и Љупчо ДОО) е друштво со ограничена одговорност формирано во 1994 година, со основна главнина од 372 илјади денари. Друштвото БиЉ има 15 вработени, а најголеми сопственици на друштвото се двајцата овластени ревизори Борислав Атанасовски и Љупчо Пецев со сопственичко учество од по 50%, кои истовремени се и управители во друштвото. Станува збор за ревизорско друштво кое е локално и не е член на ниту една професионална меѓународна мрежа, нема подружници и филијали во земјата и во странство, а поседува годишно осигурување со минимална сума за покривање до 250.000 евра по штетен настан. Друштвото БиЉ во текот на 2015 година

извршиле законски и договорни ревизии во компании и институции, меѓу кои Бетон Штип, Фершпед, странскиот инвеститор Витек Македонија, Варус, Градежен институт Македонија, Европа, Жито Полог Тетово, ЗК Пелагонија, Југохром Фероалојс, фондовите Илирика, Иново статус, КД Фондови, Камчев Консалтинг, Кара, Лотарија на Македонија, МПМ, Орка Холдинг, Монт дооел, Орка спорт, Руле Турс, Сковин., Технометал Вардар, Хотели Метропол.

n МУР СТИВЕНС ДОО СКОПЈЕ Друштвото Мур Стивенс ДОО Скопје е деветта по големина ревизорска компанија со приходи во 2015 година од 234 илјади евра. Друштвото е основано под името Македонски Ревизорски Центар ДОО Скопје во 1998 година, а во 2009 година стана член на Moore Stephens Europe LTD. Oсновната главнина на друштвото изнесува 340 илјади денари. Мур Стивенс има тројца сопственици, најголем е Антонио Вељанов, Гоце Христов и Марко Василев. Мур Стивенс има осигурување од професионална одговорност од 250 илјади евра. Меѓу компаниите кај кои Мур Стивенс правел ревизија во 2015 година се Реплек, Гранит, Факом, Бетон, Тетекс, Скопски саем, Зегин, Макотекс, Стоби Винарија, М-6, АД МАкедонска пошта и други.

n БРЕНД РЕВИЗИЈА И КОНСАЛТИНГ Бренд Ревизија и Консалтинг од Тетово е десетта најголема ревизорска куќа со остварени приходи од 201 илјада евра во текот на 2015 година. Друштвото е основано во 2001 година, има шест вработени, од кои три овластени ревизори, кои се сопственици на 90% од капиталот. Душко Апостоловски кој е овластен ревизор е сопственик на 85% од капиталот, Добрила Апостолова поседува 5% и Ненад Апостоловски поседува 10% од капиталот на друштвото. Друштвото поседува полиса за осигурување од професионална одговорност со минимална сума за покривање на штетен настан од 400 илјади евра. Во 2015 година друштвото Бренд Ревизија и Консалтинг од Тетово правело ревизија во повеќе компании, меѓу кои Везе Шари, Вратница, Фудбалски клуб Ренова, Пофикс, Полог, Теал Тетово, Герас Цунев, Енергомонт, Еленица, Колид Фудс, Ремис, Ренова и други.

СЛУЧАЈ АГРОКОР: ЌЕ СЕ ПРАВИ РЕВИЗИЈА НА РЕВИЗИЈАТА



СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

ЕНЕРГИЈА

28 АПРИЛ

2017

МАКЕДОНСКАТА РЕАЛНОСТ: СТРУЈАТА (НЕ) Е НАШАТА РАБОТА! Енергијата е крвотокот на секоја економија и општество, тоа го знаат сите донесувачи на политички одлуки и креатори на стратегии за енергетска одржливост. Или безмалку сите. За жал, македонските “десижн мејкери“ не поставија здрави темели за што поголема енергетска независност и одржливост на домашната економија – со што земјата останува со неизвесна иднина во поглед на снабдувањето со енергија на економичен и еколошки прифатлив начин. Во специјалниот прилог “Енергија“ што ќе излезе на 28.04 ќе направиме осврт на тоа што практично ја очекува Македонија на енергетски план, односно каква е состојбата помеѓу она што се носи како стратегија и она што се случува на терен. Во “Македонската реалност: струјата (не) е нашата работа!“ ќе може да прочитате:

l МАКЕДОНСКА СОСТОЈБА: КАКВА Е ЕНЕРГЕТСКАТА ИДНИНА НА ЗЕМЈАВА l ПОЧНУВА УШТЕ ЕДНА ФАЗА ОД ЛИБЕРАЛИЗАЦИЈАТА НА ПАЗАРОТ ЗА СТРУЈА: БОРБА ЗА 226 КЛИЕНТИ СО ВКУПНА ПОТРОШУВАЧКА ОД НАД 500 МЕГАВАТ ЧАСОВИ ГОДИШНО l ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ ВО ЗЕМЈАВА: МЕЃУ ПРИКАЗНИТЕ И РЕАЛНОСТА l ТРЕНДОВИ ШТО ГО ТРАНСФОРМИРААТ ЕНЕРГЕТСКИОТ СЕКТОР ВО СВЕТОТ

Повеќе информации во врска со прилогот и за претставување во истиот можете да добиете на е-мail: marketing@kapital.com.mk l gordana.mihajlovska@kapital.mk или на телефонскиот број ++ 389 2 3298 505

ЛИЦE ЗА КОНТАКТ:

ГОРДАНА МИХАЈЛОВСКА



Капитал број 912 21.04.2017

34

www.kapital.mk

СВЕТ

ТУРЦИЈА МОЖЕ ДА ГО ПЛАТИ СКАПО РЕФЕРЕНДУМОТ ШТО ЈА ПОДЕЛИ ЗЕМЈАТА

ЕРДОГАН “ИЗБОКСУВА” ПРАВО ДА ВЛАДЕЕ САМ, И ТОА ДОЛГО Со тесната победа на Ердоган во Турција ќе продолжат тензиите и поларизацијата, освен ако и претседателот не осознае што значи победата во која половина од нацијата гласала „за“, а другата против. Освен што и дава сила на опозицијата и на граѓанското општество, слабата предност на Ердоган на референдумот може да значи и дека меѓународните актери ќе бидат покатегорични во притисокот Турција да продолжи да балансира на јажето со кое се настојува да остане врзана за светската демократија


www.kapital.mk

Капитал број 912 21.04.2017

Н

35

На референдумот во Турција спроведен за предлогот за воведување систем на владе ење, ублажено наречен суперпретседателски, ако се имаат предвид стравувањата од тоа како го замислува самиот претседател Реџеп Таип Ердоган и историјата на неговото досегашно владеење, со тесно мнозинство победи опцијата „да“. И со тоа начинот на владеење со Турција нема да се промени, зашто стремежите на досега неприкосновениот Ердоган за и формално да ја има целата власт немаше да стивнат и ако тој беше поразениот со тесно мнозинство. Како што и сега сите што гласаа против уставните измени нема да се откажат од поддршката за светска парламентарна демократија во нивната земја. Тесната победата на Ердоган значи дека во Турција ќе продолжат тензиите и поларизацијата, освен ако и претседателот не осознае што значи победата во која половина од нацијата гласала „за“, а другата против. Поголема е веројатноста тој да не го прифати значењето на ваквата победа, зашто Ердоган и без референдумското ставање во правна рамка на неговиот досегашен начин на владеење, отворено се поставуваше како шеф на премиерите на државата. Како и да е, работите ќе одат така што три од вкупно осумнаесетте точки од уставната реформа ќе влезат во сила веднаш. Повеќето од промените ќе бидат воведени откако во ноември 2019 година ќе бидат спроведени истовремено претседателски и парламентарни избори. Трите што веднаш стапуваат на сила се дека претседателот Ердоган ќе може да се врати на чело на неговата Партија на правдата и развојот (AKP); дека ќе се преструктуира Високиот совет на судиите и обвинителите, технички независниот орган што одговара за назначување, промоции во кариерата, дисциплинирање и отпуштање на судии и обвинители; третата промена што веднаш ќе се воведе е укинувањето на воените судови. Победата на референдумот во голема мера се должи на гласовите што Ердоган, главниот иницијатор и промотор на промените во структурата на власта во Турција, ги доби во Анадолија, каде речиси сите (без југоисточниот регион населен со Курди) ги поддржаа уставните промени. Против гласаа мнозинството градови во западна Турција, вклучително и трите најголеми – Истанбул (каде што Ердоган е поранешен градоначалник), Анкара и Измир, како и четвртиот и петтиот, Адана и Анталија.


www.kapital.mk

Капитал број 912 21.04.2017

36

СВЕТ

На големата поделеност на турското општество посочи Омер Ташпинар од институтот Брукингс, цитиран од Вашингтон пост. „Фактот што Ердоган не успеа да победи во Истанбул првпат од 1994 година е исклучително важен знак дека дури и некои од градските гласачи на AKP овој пат не го поддржаа“. Според Ташпинар, постои шанса со обединување на силите против Ердоган да се појави алтернатива, но поделеноста на турската опозиција е главниот проблем на тамошната демократија. Ако се имаат предвид очекувањата на власта во Турција, дека две третини од гласачите ќе застанат зад промените, разочарувањето (на Ердоган) е очигледно. На ова се надоврза и реакцијата на Европската комисија, која иако беше воздржана, го потенцираше тесниот резултат од референдумот, и побара од официјална Анкара да стреми кон најширок можен консензус за промените на Уставот. Во првичната оценка на Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ) се вели дека референдумот на 16 април не соодветствувал на демократските норми. Набљудувачите на процесот изнесоа оценка дека референдумот е спроведен „при нерамноправни услови за играчите“, со ограничувања за време на кампањата и промени на процедурите во последен момент. Од ОБСЕ уште изјавија дека дејствијата на опозицијата биле блокирани, и оти имало злоупотреби на државни средства. Извори од кабинетот на Ердоган соопштија дека на чес титките за

победата на референдумот се приклучил и американскиот претседател Доналд Трамп, но официјалната позиција на САД пренесена од Стејт департментот е дека турската Влада треба да ги штити основните права и слободи на сите граѓани без разлика на тоа како гласале на референдумот. Од Стејт департментот посочија дека ја имаат предвид загриженоста на европските набљудувачи на референдумот, и оти го очекуваат нивниот конечен извештај. А од набљудувачката мисија на Советот на Европа изјавија дека 2,5 милиони гласови можеби биле манипулирани. „До 2,5 милиони гласови можеби биле манипулирани во турскиот референдум, во кој „да“ победи со минимална предност од нешто над 1,3 милиони гласови“, изјави Алев Корун, а пренесе Ројтерс. Проблем на кој посочија набљудувачите е што изборната комисија на Турција во последен момент пред референдумот одлучи, и тоа противзаконски, дека гласачки ливчиња ќе бидат прифаќани како валидни и без официјален печат. Турското Министерство за надворешни работи ги оцени како „неприфатливи“ ставовите на ОБСЕ, а за набљудувачите на организацијата рече дека биле недоволно објективни и непристрасни. Оштетените страни во оценката на набљудувачите – двете главни партии против промените по волја на Ердоган – кемалистичката Републиканска народна партија (CHP) и прокурдската Народна демократска партија (HDP), објавија дека ќе се жалат на резултатите на многу гласачки места, но и за методот на спроведување

на референдумот во целина. Од HDP по референдумот изјавија дека „резултатите покажуваат оти очигледно не е постигната согласност во општеството, во услови кога лидерите ни се во затвор и на сила е вонредна состојба (воведена по неуспешниот обид за преврат, н.з.) додека се одржува референдумот, а и други репресивни мерки фрлаат сенка врз неговата легитимност“. Според оваа партија има податоци дека 3-4% од гласовите биле манипулирани во корист на Ердоган.

Тесниот резултат ќе му даде сила на гласот на опозицијата и граѓанското општество

Референдумот во Турција ја потврди дистанцата што се зголемува меѓу гласачите што живеат во градовите и во селата, меѓу образованите и помалку учените, како и меѓу Турците со повисоки и пониски примања. Очекувањата на аналитичарите се дека сликата што ја исцрта гласањето ќе продолжи да ја продлабочува поларизацијата на турското општество. Зија Мерал од британскиот Центар за историски анализи и истражувања на конфликти вели дека политичките и социјални спорови веројатно ќе се продлабочат по референдумот, и можат да се очекуваат протести, а неизвесноста на расположението на јавноста го загорчува чувството за победа на Ердоган и неговите луѓе. Имајќи предвид дека Ердоган и претставници на AKP бараа „барем 55% поддршка“, како минимум за комфорно спроведување на реформите и за освојување најмалку 50%

ЕРДОГАН: НИКАДЕ НА ЗАПАДОТ НЕМАЛО ВАКОВ, НАЈДЕМОКРАТСКИ РЕФЕРЕНДУМ



www.kapital.mk

Капитал број 912 21.04.2017

38

СВЕТ

на идните претседателски и парламентарни избори, се чини дека по тесниот резултат од референдумот опозицијата и граѓанското општество многу погласно ќе го оспоруваат начинот на владеење на т урскиот претседател. Како и да е, јасно е дека референдумското одобрување на уставниот пакет предложен од Ердоган ќе го заостри актуелниот спор меѓу Турција и Европската унија врз основа на извештајот на Венецијанската комисија, според кој новиот модел може да доведе до еднолично управување со државата и до автократија. ЕУ секако ќе направи преглед на тоа до колкав степен Турција сè уште се држи до копенханшките критериуми во услови на новиот систем. А Ердоган веќе предложи да се преиспитаат односите со Европа на сите нивоа. „Освен што и дава сила на турската опозиција, слабата предност на Ердоган на референдумот може да значи и дека меѓународните актери ќе бидат покатегорични во барањето некои предлози (на Ердоган) да не влезат во сила“, вели Мерал од британскиот Центар за историски анализи и истражувања. Премиерот на Турција, Бинали Јилдирим, во телевизиското обраќање откако објави победа на референдумот, рече дека Владата почнува да се подготвува за редовните избори во 2019 година. Согласно предложените промени на Уставот, овие избори ќе бидат први што ќе се спроведат истовремено и за Парламент и за претседател на државата, и по нив треба да стапат на сила повеќето одобрени (на референдумот) уставни промени. Јилдирим, изгледа, влегува во историјата како последен премиер на Турската република. Според осумнаесетте нови амандмани на турскиот Устав, министрите ќе ги предлага и назначува претседателот, кој застанува на чело на извршната власт. Би требало да има и вицепретседател(и), со не до крај јасна функција во управувањето. А во ситуација на силно отсуство на реален конкурент на Ердоган, тој сигурно ќе победи на следните претседателски избори и ќе има право на два последователни петгодишни мандати. Еден од амандманите, пак, му остава и теоретска можност за барем уште пет години власт, што би се реализирала ако за време на неговиот втор мандат бидат свикани вонредни претседателски избори. nnn

ЌЕ ЈА СТАВИ ЛИ ЕУ ЗАШТИТАТА НА ДЕМОКРАТИЈАТА ПРЕД СВОИТЕ ТРГОВСКИ ИНТЕРЕСИ?

А

ко Европа одлучи заштитата на демократијата да ја стави пред своите трговски интереси, Турција може да се најде во многу лоша ситуација. Европската унија е главен извозен пазар за Турција која во ЕУ пласира 44,5% од својот извоз, што ја прави (Турција) петти најголем извозник во Унијата. Европската комисија во вторникот по референдумот ја повика Турција да ги преиспита „наводните нерегуларности“. „Апелираме до турските власти многу внимателно да ги разгледаат следните чекори и да бараат најширок можен национален консензус по референдумот. Ги повикуваме властите да почнат транспарентна истрага за овие наводни нерегуларности“, изјави портпаролот на ЕК, Маргаритис Схинас. Тој се повика на извештаите на меѓународните набљудувачи и особено на одлуката на изборната комисија на Турција во последните моменти пред референдумот да дозволи гласање на непечатирани гласачки ливчиња.



www.kapital.mk

Капитал број 912 21.04.2017

40

БАЛКАН

СЛОВЕНЦИТЕ ДОНЕСОА ЗАКОН ЛЕКС МЕРКАТОР

СЛОВЕНИЈА ЌЕ ГО СПАСУВА МЕРКАТОР ОД ХРВАТСКИОТ ГАЗДА АГРОКОР

С

Само неколку дена откако Хрватска го донесе законот за спас на Агрокор, наречен Лекс Агрокор, словенечката влада донесе сличен закон за заштита на претпријатија од системско значење, кој во јавноста

веднаш го доби името Лекс Меркатор. Како што објаснија словенечките власти, законот се носи со цел да се спречи хрватскиот гигант Агрокор кој е во големи финансиски проблеми да извлекува пари од словенечкиот ланец на маркети Меркатор, каде Агрокор е мнозински сопственик на капиталот. Со предложениот закон Словенците фактички ја штитат компанијата од системско значење за земјата од нејзиниот мнозински сопственик Агрокор, кој е де факто неликвиден, објаснуваат од словенечката влада.

Содржината на овој предлог-закон кој се очекува експресно да биде усвоен од Собранието, го претстави од министерот за економски развој Здравко Почивалшек, кој објасни дека тој се однесува на компании од системско значење кои вработуваат најмалку 6.000 луѓе во Словенија и имаат приходи од продажба поголеми од една милијарда евра. Со овој предлог исто така се утврдува дека владата може, ако е мнозински акционер во стечајната постапка, да му предложи на Судот, во компанијата од системско значење да постави привремен член на

МЕРКАТОР: НАЈГОЛЕМ РАБОТОДАВЕЦ ВО СЛОВЕНИЈА, К


www.kapital.mk

Капитал број 912 21.04.2017

41

Само неколку дена откако Хрватска го донесе законот за спас на Агрокор, наречен Лекс Агрокор, словенечката влада донесе сличен закон за заштита на претпријатија од системско значење, кој во јавноста веднаш го доби името Лекс Меркатор. Со предложениот закон Словенците фактички ја штитат компанијата од системско значење за земјата од нејзиниот мнозински сопственик Агрокор, кој е де факто неликвиден, објаснуваат од словенечката влада. управата. Придружниот член на управата ќе нема овластувања да го вори редовното работење на компанијата. Министерот Почивалшек ја убедуваше словенечката јавност дека работењето на Меркатор засега е стабилно и дека законот не значи дека тоа е загрозено, туку дека овој закон се носи превентивно. Според податоците за 2015 година, покрај Меркатор, условите да бидат прогласени за компании од системско значење за земјата кои би можеле да бидат заштитени од државата, ги исполнуваат нафтената компанија Петрол, трговецот со електрична енергија Ген-И, холдингот Словенске Електране, фармацевтската Крка и производителот на автомобили Ревоз. Меркатор е најголем работодавец во Словенија, кој вработува повеќе од 10.000 луѓе, а во целиот ланец на снабдување обезбедува околу 100.000 работни места. Законот во Словенија доаѓа по притисокот на словенечките добавувачи на Агрокор, кои од владата бараа да го заштити Меркатор. Словенечките добавувачи оформија одбор

за комуницирање со Агрокор. “Словенечките добавувачи на Агрокор и Меркатор ќе продолжат да ги бранат своите позиции, но веројатно ќе мораат да се согласат на отпис на дел од побарувањата”, смета Хрибар Милич, петседател на Стопанската комора на Словенија.

Дали Србите ќе ги спасуваат фирмите на Агрокор во Србија?

“Засега нема потреба Србија да усвојува закон Лекс Меркатор каков што донесува Словенија”, вели министерот за трговија, туризам и телекомуникации Расим Љајич. Тој изјави дека со оглед на големината на Агрокор, секоја држава во регионот во која е тој присутен, има интерес за ги заштити вработените, добавувачите и да обезбеди стабилно работење на компаниите. За таа цел во средата во Белград се одржа регионална средба на надлежните министри од сите земји во кои работи Агрокор со цел да се најде решение на проблемите кои ја засегаат секоја земја.

Српските власти информираат дека е формирана и посебна министерска група која ја прати ситуацијата, а не се исклучува ниту можноста за заеднички состанок со Агрокор и претставници на Владата на Хрватска. Тој потсетува дека Словенија го усвоила Лекс Меркатор со цел да се заштити од извлекување на парите од Меркатор за подмирување на долговите на Агрокор. “Засега кај нас нема потреба за тоа, но ако биде потребно ќе направиме се за да ги заштитиме вработените, стабилноста на компаниите, добавувачите кои ги има повеќе од 660, од кои дури 490 се мали фирми. Ако се укажат индиции дека се извлекуваат пари, тогаш и ние треба да посегнеме по истото решение како и Словенија”, објаснува Љајиќ, додавајќи дека Агрокор, само во Србија вработува 11.200 вработени. Околу 78% од работењето на Агрокор во Србија отпаѓа на Меркатор С, која е трета по големина компанија во Србија, според големината на приходите во 2015 година, а 20% е учеството на останатите компании. nnn

КОЈ ВРАБОТУВА ПОВЕЌЕ ОД 10.000 ЛУЃЕ


www.kapital.mk

Капитал број 912 21.04.2017

42

УРБАНО ЖИВЕЕЊЕ

КОИ СЕ НАЈПАМЕТНИТЕ ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ? Подобрувањето на транспортот и енергетската ефективност се меѓу основните приоритети според кои се оценува колку еден град е паметен или не. Еве кои се најпаметните градови во светот според овие приоритети.

П

ретворањето на еден град во паметен најчесто се базира врз основа на воведувањето на иновации во три основни области. Тоа се транспорт, со цел да се подобри мобилноста на жителите, во што се вклучуваат и управувањето со водата, енергијата, квалитетот на воздухот и отпадоците, како и целосното подобрување на животот на луѓето кои живеат во градовите. Најзначаен напредок во модернизирањето на тие сектори и изградбата на целосно градски системи бележат Сингапур, Њујорк, Барселона, Осло и Лондон. Тие ги заземаат челните места во годинешното рангирање на Unacast. nnn

1 СИНГАПУР

С

ингапур го зазема челното место во рангирањето на најпаметни градови во светот според рангирањето на Unacast. Во градот се распространети огромен број на сензори и камери, кои помагаат за добивање и анализирање во реално време на информации за автомобилскиот сообраќај и бројот на пешаци во различни места низ градот. На тој начин властите и органите на редот можат да ги пренасочуваат автобусите од јавниот градски транспорт за да се избегнат застои и гужви. Преку системите може да се предвиди ефектот од поставувањето на нови згради, и како тие ќе влијаат на комуникациските сигнали и застојот во сообраќајот. Властите планираат поставување на уште сензори, дури и во домаќинствата за следење на системите и уредите за дома. Тие ќе обезбедат уште многу показатели, чија цел е да се подобри енергетската ефикасност во градот.

2 ЊУЈОРК

В

о Њујорк овие денови се одвива процес на воведување на брзи широкпојасни услуги кои треба да почнат да се користат во 2025 година. На тој начин, Њујорк ќе располага со најголемата и најбрза локална Wi-Fi мрежа во светот. Преку неа, властите ќе можат во реално време да ги проследуваат информациите и показателите за квалитетот на воздухот, сообраќајот и потрошувачката на енергија. Како дополнување на плановите за претворање на Њујорк во паметен град се планира и инсталирање на мрежа од камери и сензори по патишта, за да се подобри сообраќајот и за да се зголеми безбедноста по улиците. Во борбата против престапниците, локалната полиција во соработка со експерти за урбано планирање воспоставија систем, кој ги регистрира звуците од истрел со пиштол, ги локализира и веднаш испраќа сигнал до полицијата.

ОСЛО: ОСНОВЕН ПРИОРИТЕТ Е ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ


ГИ ГРАДИМЕ ВАШИТЕ СОНИШТА РАПИД БИЛД е градежна компанија која изведува објекти од секаков вид и тоа: станбени, деловни, индустриски објекти, магистрални гасоводи комплет со блок станици и главно мерно регулациони станици, атмосферски и фекални канализациони системи, патна инфраструктура со придружни објекти (подпатници, надпатници, пропусти, клучки), реконструкции, доградби итн. Главната одлика на компанијата е брза, квалитетна и современа изведба, која се должи на користење на најсовремена опрема и материјали за градба, имплементирање на светските стандарди за квалитет и менаџмент, како и поседување на тим составен од високо-професионален и стручен кадар. Во реализација на работите во областите на својата дејност секогаш ја запазува техничката регулатива, ги запазува етичките и стручни стандарди на оваа професија, а со своето работење го застапува интересот на својот инвеститор во рамки на законските прописи, интересот на општеството и угледот и репутацијата на професијата и професионалноста.

www.rapidbild.com.mk


www.kapital.mk

Капитал број 912 21.04.2017

44

УРБАНО ЖИВЕЕЊЕ

3 БАРСЕЛОНА

В

о градот има извонредно интелигентно LED улично осветлување, за да помогне за намалување на потрошувачката на енергија. Властите воведоа и интелигентен систем за напојување, кој се базира на сензори во почвата, кои ги анализираат реализираните и прогнозираните врнежи на дожд и го менуваат начинот на работа на прскалките во парковите со цел да се штеди водата за наводнување на јавните површини и парковите. Иновативното управување со водните ресурси резултира со 25% повеќе заштедена вода и му заштедува на градот повеќе од половина милион долари годишно. Следната цел на властите во Барселона е да ја извојуваат битката со автомобилскиот сообраќај

пренасочувајќи го кон периферијата, додека централната зона се планира да се претвори во пешачка зона. Како дополнување планирана е изградба и на 200 километри велосипедски патеки.

4 ОСЛО

О

сновен приоритет за градот Осло е енергетската ефикасност. Голем дел од граѓаните во Осло и повеќето од училиштата се греат од изгорување и преработување на домашен и индустриски отпад. Стремежот на градот да го претвора отпадот во енергија е толку голем што веќе се наложува да се носат дополнителни отпадоци за преработка. Покрај основните ремонти на транспортната мрежа во Осло беа вградени многу сензори кои даваат информации за слободните и зафатени паркинг места, како и за оптовареноста на сообраќајот, со цел да можат да се преземат соодветни мерки за контролата на транспортот во реално време. Градот располага со една од најголемите мрежи на електрични превозни средства и станици за напојување.

5 ЛОНДОН

Л

ондон има цела адаптирана стратегија со која тој треба да прерасне во технолошки и паметен град, Тоа вклучува создавање на платформа, преку која жителите можат да даваат повратни одговори и корисни идеи и предлози, но и да го оценуваат напредокот на трансформацијата. Преку мобилна апликација, на пример, можат да сигнализираат за проблеми со квалитетот на животната средина, испраќајќи информации и снимки или видеа. Граѓаните можат да проверуваат онлајн каде и колку слободни велосипеди има на користење, кои се обезбедени од градските власти. Градот засилено инвестира и во изградба на безжична бесплатна WI-FI мрежа на јавните места, а преку вградени сензори добива информации за сообраќајот и паркинг местата. Истовремено, властите во Лондон стимулираат млади компании и стартапи да разработуваат иновативни проекти во корист на градот, организирајќи безброј јавни конкурси за таа цел.

БАРСЕЛОНА: ЦЕЛ ЦЕНТАР ЌЕ СТАНЕ ПЕШАЧКА ЗОНА



РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ: 24 АПРИЛ 2017

ЕДНОДНЕВНА ОБУКА НА ТЕМА: ПРЕСМЕТКА НА ПЛАТА И НАДОМЕСТОЦИ ОД ПЛАТА СОГЛАСНО ЗАКОН ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ И КОЛЕКТИВНИ ДОГОВОРИ, НАДОМЕСТУВАЊЕ НА ТРОШОЦИ ПОВРЗАНИ СО РАБОТА СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ И КД НИЗ ПРИЗМА НА ДАНОЧНА ЗАДОЛЖИТЕЛНИ - ПРАВИЛНИЦИ И АКТИ НА РАБОТОДАВАЧОТ l 26 април 2017 година l 10:00-16:00 часот Институт КОНЦЕПТ, Скопје Целта на обуката е правилна примена на легислативата со која се уредува пресметката на плата и надоместоци на плата, пресметка на придонеси кај економските вршители на дејност, специфичности во начинот на пресметка на плата, практични примери, како и кои се задолжителните интерни акти-правилници на работодавачот во согласност со законската регулатива за дадената тема, низ призма на даночна регулатива односно Закон за персонален данок на доход и Закон за данок на добивка. Обуката е наменета за сите вработени во сметководствено - финансискиот сектор, правните служби и останати законски застапници.

ПРОГРАМА:

l плата и надоместоци согласно Закон за работни односи l задолжителни акти – правилници на работодавачот l надоместоци од плата согласно даночна регулатива во Р. Македонија

ПРЕДАВАЧИ:

М-Р СИМОНИДА ГЕОРГИЕВСКА – КАУНТ ДООЕЛ - Скопје, со долгогодишно работно искуство во областа на даночниот менаџмент, сметководството и деловното планирање. ГОРДОН ЈОВАНОВСКИ - КАУНТ ДООЕЛ - Скопје, со долгогодишно работно искуство во областа на финансовото, деловното, трговското и трудовото право. За повеќе информации посетете ја нашата веб страна: www.koncept.com.mk

КОНТАКТ: м-р Ленче Зикова и м-р Ирена Богоевска l e-mail: institut@koncept.com.mk l 02 3128 526 l 070 272 207



www.kapital.mk

Капитал број 912 21.04.2017

48

ЛИДЕРИ

РЕКОА ЗА... ЕТИКАТА И МОРАЛОТ

Да се води успешен бизнис, меѓу другото, значи и своите клиенти и вработени да ги правите среќни. Водење на чесен бизнис е една од одликите на најголемите претприемачи на сите времиња.

Избегнувајте луѓе што ги минираат вашите амбиции. Малите луѓе секогаш го прават тоа, но големите луѓе ќе направат да помислите дека и вие може да станете големи.

Требаат 20 години за да изградите репутација, а само пет минути да ја уништите. Ако го земете ова предвид, ќе размислите како се однесувате понатаму.

МАРК ТВЕН

американски писател

ВОРЕН БАФЕТ

американски инвеститор и милијардер

Како ќе се искачиш на една планина е поважно одошто да стигнеш на врвот.

Вашата репутација е поважна од заработката, а интегритетот е повреден од вашата кариера.

РАЈАН ФРИТАС ко-основач на About.me

ИВОН ШУНАР основач на Patagonia

Лепилото што ги држи цврсто сите врски, вклучително и врската помеѓу лидерот и неговите луѓе е довербата, а довербата е базирана на интегритет.

Поврзувајте се со луѓе со добар квалитет, затоа што е подобро да сте сами одошто во лошо друштво.

БУКЕР ВАШИНГТОН автор и едукатор од САД

БРАЈАН ТРЕЈСИ

американски мотивациски говорник и автор



www.kapital.mk

Капитал број 912 21.04.2017

50

ЛИДЕРИ

РИЧАРД БРЕНСОН ИНОВАТОР

БИЗНИСОТ НЕ СЕ СОСТОИ ВО НОСЕЊЕ Н А ОДЕЛА

Р

Ричард Бренсон е познат британски претприемач и еден од наголемите иноватори во светот. Она што е интересно е што Бренсон бил многу лош студент. Неговиот професор Роберт Драјсон на последниот ден во училиште му рекол дека или ќе заврши во затвор или ќе стане

милионер. Бренсон денес е сопственик на Virgin group, во рамки на која работат повеќе од 400 компании низ светот. Во текстот кој го објави на својот профил на Linkedln, Бренсон на своите следбеници им дава совети кои ги добил уште кога бил млад. Еве некои од нив.

Предизвиците се природен дел од животот и бизнисот. Се појавуваат на најмалку очекуваните места. Иако не можете да се подготвите за неочекуваното, можете да научите како да реагирате.

Кога себеси си поставуваме предизвици, создаваме основа за ментално, емоционално и физичко зацврстување и растење.

Мојата мајка ме научи на многу важна лекција. Напредокот се случува кога ќе излезете од својата зона на комфорот.

Иако лошите ситуации делуваат како пекол за повеќето луѓе, јас научив да ги прифаќам. Добро поднесувам притисок. Тоа ме прави да се чувствувам жив, ме дефинира и ме турка напред.

За мене бизнисот не се состои во носење на одела и задоволувања на акционерите. Бизнисот се состои во тоа да бидеш искрен со себеси, на твоите и идеи и да се фокусираш на суштината.

Мојот општ став кон животот е да уживам во секоја минута од животот. Никогаш не правам ништо со чувството “Ох Боже, денес морам да го направам ова”.




Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.