913 kapital magazin

Page 1

ИСЕЛЕНИЧКИ ЕГЗОДУС

18-ТА ГОДИШНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА МАКЕДОНСКАТА БЕРЗА

МАКЕДОНИЈА ДОПРВА ЌЕ ГИ БРОИ ЕКОНОМСКИТЕ ШТЕТИ ОД ИСЕЛУВАЊЕТО.

СВЕТОТ СЕ ЗАНИМАВА СО BLOCKCHAIN И CROWDFUNDING, А БАЛКАНОТ НЕ ЈА ЗНАЕ НИ АЗБУКАТА НА ФИНАНСИСКИОТ ПАЗАР!

Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

WWW.KAPITAL.MK

COVER STORY

ЗЕМЈОДЕЛСТВО VS. РУДАРСТВО

ИМА ЛИ МАКЕДОНИЈА СТРАТЕГИЈА?!

ЗЕМЈОДЕЛСКИОТ ЈУГОИСТОК ПРОТИВ ТЕШКАТА

РУДАРСКА ИНДУСТРИЈА!

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

I ЕНЕРГИЈА

МАКЕДОНСКАТА РЕАЛНОСТ

EНЕРГИЈАТА (НЕ) Е НАШАТА РАБОТА! БРОЈ 913 | ЦЕНА 100 ДЕН. 28 АПРИЛ 2017 | ПЕТОК | ГОДИНА 18

ТУРЦИЈА: ПОГЛЕДОТ СЕ ВРТИ КОН ПОРАНЕШНАТА ОСМАНСКА ИМПЕРИЈА!



3

Капитал број 913 28.04.2017

СОДРЖИНА

04 04 06 08 16

ВО ФОКУС

Унарскиот премиер жестоко критикуван и во Европарламентот ЕУ почна процес против Орбан

36 25

Македонската реалност: Eнергијата (не) е нашата работа! n Гасот наш насушен Варијантите за Македонија: Турски тек, ТАП или и двата? n Светски трендови Што ќе ја трансформира енергетската индустрија допрва?

ВМРО-ДПМНЕ со апел за лидерска средба Блиску ли е договорот за мирен трансфер на власта?

COVER STORY

ПАЗАР НА КАПИТАЛ

Технолошки трендови и новитети на 18-та Годишна конференција на Македонската берза

ЕНЕРГИЈА

42

СВЕТ

44

БАЛКАН БИЗНИС

48 50

ЛУЃЕ И КОМПАНИИ

n

НАВИГАТОР

Земјоделство vs. рударство Има ли Македонија стратегија?!

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

42

36

КАПИТАЛ АНАЛИЗА

Егзодус: 40% од граѓаните сакаат трајно да си заминат Македонија допрва ќе ги брои економските штети од иселувањето

Колумна објавена во Тајмс за Турција по замаглувањето на ЕУ перспективата Турција го врти погледот кон поранешните земји на Османската империја Растечките плати во Централна и Источна Европа го уриваат моделот за економски раст на регионот Рекоа за... мотивацијата

ЛИДЕРИ ТРЕВИС КАЛАНИК ко-основач на UBER

Борете се за тоа во што верувате

ЗЕМЈОЛДЕСТВО VS. РУДАРСТВО

БЕРЗАНСКА КОНФЕРЕНЦИЈА

ЕГЗОДУС

Речиси третина од целото земјоделско производство во земјава е доведено во опасност со отворањето на рудниците за експлоатација на благородни метали во југоисточна Македонија. Три странски компании, од кои две веќе ги градат рудниците за вадење на злато, сребро и бакар, а едната допрва планира да побара таква концесија откако ги заврши геолошките истражувања, со процесот на преработка на рудата со лужење, односно екстракција на металите со цијанид или сулфурна киселина, може да предизвикаат опасно загадување на најголемиот земјоделски регион во земјава.

Македонската берза, одлучи повторно да го врати Охрид како место на одржување на својата традиционална Годишна конференцијата, наместо Скопје пет години по ред, како своевиден сигнал за оптимизмот што се јавува на пазарот на капитал и покрај политичката криза и секако, заради асоцијацијата на езерскиот град со некои посреќни берзански времиња. Овој пат донесе и многу интересни говорници од странство коишто ги претставија најновите технолошки трендови на финансиските пазари, додека ние на Балканот сè уште се занимаваме со тоа дали една компанија газдата треба да ја пушти да излезе на берза или да си земе кредит од банка како и обично.

Емиграцијата на високо едуцираните луѓе е силно поврзана со слабото владеење во земјите. Македонија се соочува со масовен одлив на млади и едуцирани луѓе. Според последните анкети дури 61% од младите луѓе на возраст од 15 до 24 години сакаат да се иселат трајно од Македонија. Заминувањето на најпрогресивниот слој, кој треба всушност да ги предводи промените во општеството, ја остава земјата да тоне во маѓепсаниот круг од кој единствен излез е миграцијата. Компаниите остануваат без квалитетна работна сила, што на крајот ја намалува конкурентноста на целата економија, и ги празни државните пензиски и здравствени фондови.

XX Стр. 8

XX Стр. 16

XX Стр. 36

Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје l Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31 l П. ФАХ 503, 1000 Скопје l Директор и одговорен уредник: Љупчо Зиков l Печати: Графички центар Скопје, ул. Скупи бб, 1000 Скопје l Тираж: 3.000 примероци l Датум на печатење: 27.04.2017


Капитал број 908 24.03.2017

www.kapital.mk

ВО 4 ФОКУС

УНАРСКИОТ ПРЕМИЕР ЖЕСТОКО КРИТИКУВАН И ВО ЕВРОПАРЛАМЕНТОТ

ЕУ ПОЧНА ПРОЦЕС ПРОТИВ ОРБАН Иако унгарскиот премиер со проекти како „Запрете го Брисел!“, во кој преку соодветни прашања им сугерира на Унгарците да го осудат „диктатот на Европската унија“, отворено се конфронтира со Брисел, тој „машки“ ја издржа критиката концентрирана на неговата Влада што во Европарламентот ја доби за низа спорни закони

ФАРАЖ: КОГА, ГОСПОДИНЕ ОРБАН, КОНЕЧНО ЌЕ И


www.kapital.mk

Капитал број 913 28.04.2017

5

Н

На сè за што деновиве може да се критикува унгарскиот премиер Виктор Орбан, не може да се додаде дека е кукавица. Тој во средата, во Европскиот парламент, одново трпеливо слушаше додека беше цел на концентрирана критика против неговата Влада поради низа спорни закони. „Јас и сите Унгарци сакаме јасни зборови, дури и кога тоа не му се допаѓа секому“, рече Орбан пред релативно празните клупи на Европарламентот, а пред насмевнат да додаде дека „Унгарецот никогаш не се предава“. Потпретседателот на Европската комисија, Франс Тимерманс, претходно со мирен тон ја обвини унгарската Влада дека ја загрозува демократијата во својата земја. Го осуди затворањето на Централноевропскиот универзитет (CEU), втемелен од милијардерот Џорџ Сорос во Будимпешта. „Слободата на истражувањето и ангажманот во цивилниот сектор се врзивно ткиво на секоја демократија“, рече Тимерманс. Од средата стана конкретно – Европската комисија официјално почна постапка за проверка на унгарскиот закон за високо образование. Според овој закон, странски универзитет што работи во Унгарија мора да има и кампус во матичната земја. Оваа одредба е удар за CEU кој нема седиште во Америка. Почната е проверка и на законот за азил кој од неодамна предвидува интернирање на бегалците на границата, сè дури не се донесе одлука за нивното барање за азил. Овие два закони, според толкувањето на Тимерманс, веројатно не се во согласност со европското право.

Потпретседателот на Европската комисија се осврна и на прашалникот што официјална Будимпешта го упати до сите домаќинства во Унгарија. Прашалникот е насловен „Запрете го Брисел!“, и обилува со сугестивни прашања за да се придобие поддршката на Унгарците за осуда на наводниот „диктат на Европската унија“ во даночната, бегалската или енергетската политика. „Не одлучува Брисел во ЕУ“, рече Тимерманс, „туку државите-членки, вклучувајќи ја и Унгарија“. Тој потсети дека, на пример, даночната политика потполно е во надлежност на поединечните земји, и оти Унгарија сама им одредила на своите граѓани данок на додадена вредност од 27%, што е европски рекорд. Орбан не остана должен и одговори дека „овде ја бранам мојата земја“. Сорос, како што рече, уништил десетици илјади луѓе на истокот на Европа со своите финансиски махинации. Според неговите зборови, законот за високо образование не е пишуван имајќи го предвид CEU, туку засега дваесет и два универзитети што треба да ги исполнат истите стандарди како и останатите. Орбан цитираше од едно електронско писмо што ректорот на CEU им го упатил на студентите, и во кое се вели дека CEU не е загрозен. Орбан уште рече дека е приврзаник на ЕУ, но оти сака поинаква, реформирана Унија. „Незадоволни сме од начинот на работа“, изјави, и додаде дека Унгарија по ниту една цена нема да прима мигранти. А на постапките што се почнати во Брисел тој гледа опуштено. Европската комисија веќе покренуваше слични постапки поради законот за медиуми и реформите на Уставниот суд, па сè заврши со компромис со Орбан. На дебата чија цел беше Владата на Орбан, тон и дадоа двајца остри говорници кои често ги има во насловите на новинските текстови. Шефот на либералите во Европскиот парламент, Ги Ферхофштат, го праша унгарскиот премиер: „Што е следно, господине Орбан? Дали во иднина ќе почнете

да палите и книги?“. Без поставено прашање не остана ниту претставникот на Партијата за независност на Обединетото Кралство (UKIP), Најџел Фараж, кој праша: „Кога конечно ќе излезете од ЕУ и ќе се придружите на клубот Брегзит?“. Секако, во дебатата не можеше да биде заобиколена темата пари – Унгарија е еден од најголемите нето-приматели од буџетот на ЕУ. По жител во 2015 година Унгарија добила 470 евра од европската каса, по што земјата е на трето место, зад Словачка и Чешка. „Ние не сме просјаци“, одговори Орбан, и рече дека таквата распределба на ЕУбуџетот е оправдана, зашто целта е после комунистичкото владеење, на истокот на Европа да се создадат исти услови како и на западот. Како и да е, колку и да имаше остри напади врз унгарската Влада, очекувањата се дека конкретниот дел – постапката што ја почна ЕУ, ќе се развлече со години, и на крајот ќе заврши со договор, како што беше и досега. Што се однесува до самата постапка, Европската комисија ја почна со став дека законот за високо образование на Унгарија ги нарушува европските права на обезбедување услуги, како и правото на академска слобода и на образование. Еврокомесарот Валдис Домбровскис рече дека во Будимпешта е испратено писмо со кое почнува процедура што може да резултира со исправување на Владата на Виктор Орбан пред Судот на ЕУ. Властите во Унгарија имаат еден месец за да одговорат на прашањата што ги добиле во писмото, кое пак, како што рече Домбровскис, содржи „длабинска правна оценка“ на законот. Во меѓувреме, ректорот на CEU, Мајкл Игнатиеф, успешно лобира веќе неколку недели за заштита на слободата на универзитетот, за истиот да може слободно да продолжи да работи. Законот на Орбан, инаку бара, од први јануари CEU да престане да прима студенти. nnn

ИЗЛЕЗЕТЕ ОД ЕУ, ВО КЛУБОТ БРЕГЗИТ?


www.kapital.mk

Капитал број 913 28.04.2017

6

НАВИГАТОР ИЗЈАВА НА НЕДЕЛАТА

> БРОЈКА

2,5%

е зголемена просечната бруто плата во февруари годинава во однос на истиот месец лани

ЈОХАНЕС ХАН

еврокомесар за проширување

Сакам да го изразам моето разочарување, дури и изнервираност, заради запаливите изјава на одделни лидери во регионот. Таквите пораки, кои можат да се сфатат како мешање во внатрешните прашања на соседните земји и повикување на менување на граници, не се прифатливи и се контрапродуктивни

ГЕРМАНСКО-ГРЧКО-ФРАНЦУСКО-КИН НА ПРИСТАНИШТЕТО ВО СОЛУН

Ш

еесет и седум отсто од акцискиот капитал на грчкото пристаниште во Солун е продадено на тендер на германско-грчко-француско-кинески конзорциум. “Таа продажба беше дел од договор на Грција со нејзините кредитори – Европска унија и Меѓународниот монетарен фонд”, соопшти грчката Агенција за приватизација. Конзорциумот понудил 1,1 милијарда евра и е избран пред две други конкурентски компании.

ВМРО-ДПМНЕ СО АПЕЛ ЗА ЛИДЕРСКА СРЕДБА

БЛИСКУ ЛИ Е ДОГОВОРО ЗА МИРЕН ТРАНСФЕР НА

пишува:

Максим Ристески

П

maksim.risteski@kapital.mk

Промени ќе има многу брзо“, порачуваат од СДСМ веќе подолго време, аргументирајќи дека „во Република Македонија постои декларирано парламентарно мнозинство од 67 пратеници кое е власт во државата“. Но, релативноста на брзината на промените, во услови, како што велат од СДСМ, на „неразумни политичари како Груевски и Иванов“, ја одредува чекањето на „разумен момент што ќе процениме дека нема да нанесе штети“, што ќе биде одбран „мудро за да ги заштити државата и граѓаните од насилието на криминалната група која

сака инциденти и не дозволува мирен трансфер на власта“. Според она што се знае во јавноста за развојот на ситуацијата, разумниот момент според описот на СДСМ не е на повидок. ВМРО-ДПМНЕ, пак, калкулирајќи ги своите ризици од ситуација, излезе со барање да се свика лидерска средба, при што пратеникот Крсто Мукоски, од кој конкретно дојде апелот, акцентот го стави на „постигнувањето компромис“. Извесна затеченост од ваквиот повик на ВМРО-ДПМНЕ прозвучи од насловите со кои медиуми што јавноста ги смета за блиски до оваа партија го покрија настанот: „Мукоски: Ова не се изгубени денови во Собранието, туку историски денови на бранење на државата“. Како и да е, во СДСМ засега (до затворањето на овој текст) не се расположени

за седнување на маса со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, поради ставот дека на лидерска средба не би имало за што да се разговара, при јасна ситуација – имаше избори по кои се формира парламентарно мнозинство кому Иванов со одбивањето да го даде мандатот и ВМРО-ДПМНЕ со блокадата на Парламентот не му дозволува да формира влада. Од ДУИ, пак, во принцип одговорија позитивно на апелот за лидерска средба, со став дека „било која форма на дијалог треба да се поддржи“, а „независно кој и со кого, отфрлањето на разговори е несоодветно во услови на криза“, како што рече партискиот портпарол Бујар Османи. Тој, гостувајќи на ТВ Нова, во контекстот повтори дека ДУИ има информации за средби меѓу Никола Груевски и Зоран


www.kapital.mk

Капитал број 913 28.04.2017

НЕСКИ КОНЗОРЦИУМ Е НОВИОТ ГАЗДА

Во конзорциумот се германската „Дојче инвест еквити партнерс“, грчката „Белтера инвестмент“ и „Терминал линк“ во кој се француската ЦМС-ЦГМ и кинеската државна компанија „Чајна мерчантс холдинг интернешнал“.

ОТ ВЛАСТА? Заев што се случиле изминатиов период. И аналитичарите сметаат дека е неблагодарно да се предвидува натамошниот развој на ситуација. „Од она што се случува и што го гледаме, ништо не може со сигурност да се очекува“, вели поранешниот претседател на Собранието, Стојан Андов, додавајќи дека „може да има и брза разрешница, но и да биде како досега – да се влечкаат работите“. „Сè уште нема настан што ќе покаже дека настапува пресврт во ситуацијата“, е неговата оценка. Што се однесува до лидерската средба, Андов смета дека ако одржувањето на истата е услов на ДУИ за стабилноста на коалицијата со СДСМ, партијата предводена од Заев тоа ќе мора да го прифати. „Без ДУИ нема разрешување на моменталната криза, и ако ДУИ инсистира на лидерска средба, а СДСМ не прифати, коалицијата може да се разлабави“, вели Андов. Политичкиот аналитичар Петар Арсовски, пак, е на став дека ДУИ ќе се сообрази со позицијата на СДСМ, и во однос на предлогот за лидерска средба. „Не верувам дека на каков и да е начин ДУИ сега може да се врати во прегратките на ВМРОДПМНЕ. Тие својот Рубикон го преминаа, и имајќи ја предвид албанофобичната реторика на ВМРО-ДПМНЕ; не верувам дека која и да е албанска партија што има инстинкт за самоодржување може сега да соработува со ВМРО-ДПМНЕ“, вели Арсовски. Според него, нема ниту за што да се преговара на лидерска средба. „Ако има средба, таму ВМРО-ДПМНЕ мора нешто да добие, а коалицијата што го прави парламентарното мнозинство мора нешто да загуби. Што е тоа што победничката коалиција може во овој момент да му го попушти на ВМРОДПМНЕ? Таа средба има логика само доколку

мисла на неделата

> БРОЈКА

Бил Гејтс

24

Ова е одлично време за да се започне бизнис, бидејќи бизнисот во следните 10 години ќе се менува отколку што се сменил во последните 50 години. Тоа нуди огромни можности. основач на Microsoft

Сè уште нема сигурни показатели за брзо одблокирање на демократските процеси, односно за избор на претседател на Парламентот и на нова влада. Политичката криза може да трае бесконечно, а може да се реши и веќе утре, сметаат аналитичарите, додавајќи дека тоа во основа е одлука на ВМРО-ДПМНЕ - кога ќе дозволи мирен трансфер на власта, а за моментот кога оваа партија ќе го прифати изборниот резултат и создаденото парламентарното мнозинство влијание имаат повеќе фактори има нешто нејасно, а во случајов нема ништо такво – има 67 пратеници со изразена волја да формираат парламентарно мнозинство и влада, додека Иванов вика не го давам мандатот, а ВМРО-ДПМНЕ не попуштам. За што тука може да се преговара? Од што СДСМ може сега да отстапи?“, вели Арсовски, кој смета дека, без разлика, во СДСМ би можеле да одлучат да прифатат одржување на лидерска средба, што според аналитичарот би било грешка на партијата предводена од Заев. Арсовски смета дека политичката криза може да трае бесконечно, а може да се реши и во еден ден. „Тоа е во основа одлука на ВМРО-ДПМНЕ - кога ќе дозволи мирен трансфер на власта. Тие може да блокираат до бесконечност и да не можат да се поделат субвенции, плати, пензии, а може и во секој момент да одлучат да ги прифатат резултатите од изборите, што тие де факто не ги прифаќаат“, вели аналитичарот. Според него, механизмот како ќе се стигне до ваква одлука на ВМРО-ДПМНЕ зависи од сите политички партии - улога секако игра и меѓународниот фактор, а Арсовски остава можност и за некаков пробив во Собранието.

nnn

7

милиони евра ќе се инвестира во нови шест ветерници

лидери

ЕМАНУЕЛ МАКРОН

анкетите покажуваат дека ќе биде нов претседател на Франција

ФРАНС ВАН ХАУТЕН

Philips има 700% раст на нето добивката за првото тримесечје - 259 милиони евра во споредба со 37 милиони лани

не им беше неделата

РОДРИГО ДУТЕРТЕ

филипинскиот претседател е обвинет за масовни убиства од страна на Меѓународен кривичен суд

НИКОЛАС МАДУРО

продолжуваат да гинат луѓе на протестите против претседателот на Венецуела


COVER STORY

Капитал број 913 28.04.2017

8

www.kapital.mk

COVER STORY

ЗЕМЈОДЕ ЈУГОИСТО ТЕШКАТА Р ИНДУС


ЗЕМЈОДЕЛСТВО VS. РУДАРСТВО 9 ИМА ЛИ МАКЕДОНИЈА СТРАТЕГИЈА?!

www.kapital.mk

30%

Капитал број 913 28.04.2017

од целото земјоделско производство во земјата, односно 237,7 милиони евра од бруто додадената вредност на земјоделството се создава во југоисточниот регион, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика

ЕЛСКИОТ ОК ПРОТИВ РУДАРСКА СТРИЈА!


www.kapital.mk

Капитал број 913 28.04.2017

10

COVER STORY

Р

Речиси третина од целото земјоделско производство во земјава е доведено во опасност со отворањето на рудниците за експлоатација на благородни метали во југоисточна Македонија. Три странски компании, од кои две веќе ги градат рудниците за вадење на злато, сребро и бакар, а едната допрва планира да побара таква концесија откако ги заврши геолошките истражувања, со процесот на преработка на рудата со лужење, односно екстракција на металите со цијанид или сулфурна киселина, може да предизвикаат опасно загадување на најголемиот земјоделски регион во земјава. Оваа стратегија е спротивна и на досегашните политики на Владата која во последните осум години „истури“ над 620 милиони евра за земјоделски субвенции, од кои се проценува дека најголем дел завршиле токму во југоисточниот регион како лидер во земјоделското производство. Граѓаните се мобилизираат и преку референдуми бараат да се запре влезот на тешката загадувачка индустрија во овој крај и предупредуваат на штетни последици врз животот. Во спротивно, антологиските стихови „очи бистри дојрански, уста зрела калинка“, ќе останат само празни зборови.

пишува:

Александар Јанев

aleksandar.janev@kapital.mk

Ако прашате некого на што го асоцираат градовите Валандово и Гевгелија, прво нешто што му паѓа на памет се калинките или смоквите кои што успеваат само во овој крај. Земјоделството е основната економска дејност во овој југоисточен регион на Македонија. Статистиката покажува дека дури 237,7 милиони евра изнесува бруто додадената вредност на земјоделството во југоисточниот регион, што значи дека тука се произведуваат 30% од сите земјоделски производи во Македонија. Втор најголем земјоделски регион во земјава е пелагонискиот, каде што уделот на земјоделското производство е 19,5%. Имајќи ги предвид статистичките податоци за земјоделското производство во југоисточниот регион, Државниот завод за статистика во својата годишна публикација по региони, наведува дека подрачјето на гевгелиско валандовската и струмичко - радовишката котлина поради „богатата хидрографска мрежа, големиот број сончеви денови, климатското поднебје и поволните педолошки услови, се карактеризира како претежно земјоделски регион“. Во публикацијата, исто така се наведува дека „квалитетното и обемно производство на раноградинарски култури, свеж зеленчук и овошје, како и индустриски земјо-делски култури, овозможува развој на конзервно - преработувачка индустрија на земјоделски производи, по што овој регион е препознатлив“. Но, неколкуте концесии за експлоатација на металични минерални суровини дадени во овој регион, се закануваат да фрлат црна дамка на идиличната слика за југоисточниот земјоделски крај. Од три странски компании, две веќе имаат добиено концесии за експлоатација на металични минерални суровини, односно благородни метали како злато, сребро или бакар, а една допрва планира да побара таква концесија откако го заврши геолошкото истражување во југоисточниот регион. Веќе три години канадската компанија Резервоар Минералис имаше концесија за детални геолошки истражувања на планината Кожуф, а неодамна одлучи да побара и концесија за експлоатација на злато и бакар. Меѓутоа, плановите на компанијата ги нарушија граѓаните на општина Гевгелија кои преку референдум се изјаснија против отворање на рудник на Кожуф. Концесија да ископува благородни метали, злато и бакар, во Иловица, струмичко, во 2012 година има добиено компанијата Еуромак Рисорсес која што е исто така канадска, и е регистрирана на иста адреса со концесионерот на Кожуф.

Концесија за експлоатација на бакар, злато и сребро, за период од 30 години, на локалитетот во валандовско Казандол, доби украинската компанија Сардич МЦ која што на истото место гради и капацитет за преработка на рудата што спаѓа во категоријата Г1 – тешка и загадувачка индустрија Концесијата за експлоатација на бакар, злато и сребро, за период од 30 години, на локалитетот во валандовско Казандол, пак, ја доби украинската компанија Сардич МЦ која што на истото место гради и капацитет за преработка на рудата што спаѓа во категоријата Г1 – тешка и загадувачка индустрија. Еколозите и експертите за животна средина предупредуваат дека отворањето на рудници за металични минерални суровини во овој дел од земјата ќе го загрозат еколошки чистото земјоделско производство. Оваа стратегија на доделување концесии за експлоатација и преработка на благородни метали како злато и бакар на југоистокот, според експертите е спротивна и на неколкугодишната политика на власта на субвенционирање на земјоделството.

НAРОДОТ ГО КРЕНА СВОЈОТ ГЛАС: ГЕВГЕЛИЈА П


www.kapital.mk

Капитал број 913 28.04.2017

11

Пресметките од завршните сметки на буџетите, покажаа дека само за програмата за финансиска поддршка на земјоделството, во последните осум години се издвоени 623 милиони евра, од кои се проценува дека голем завршиле токму во југоисточниот регион кој што е лидер во земјоделското производство во земјава.

Земјоделството и рударството не одат „рака под рака“

Експертите за животна средина, предупредуваат дека не постои ниту еден регион во Европа каде што има рудници за експлоатација на благородни метали со отворен коп и преработка на рудата со лужење, односно екстракција на металите со цијанид или сулфурна киселина. Според нив, развојот на земјоделството во таква

околина е незамисливо. Консултантот за животна средина, Столе Георгиев, вели дека „рударството и рудничките ископи сами по себе се најголеми еколошки жаришта бидејќи имаат опасни влијанија врз повеќе сфери на животната средина, врз воздухот, врз водите и врз почвите“. „Во принцип секаде каде што има рудници или тешка индустрија, земјоделството е секогаш колатерална штета. Загадувањето најмногу се очекува од процесот на третирање на рудничкиот материјал со раствор од сулфурна киселина преку оросување (капка – по – капка) на рудничкиот материјал. Сулфурната киселина е една од најотровните и најкорозивните хемиски соединенија. Третирањето на рудничкиот материјал со сулфурна киселина има за цел да изврши хемиска обработка на

рудничкиот материјал и преку хемиска реакција да дојде до екстракција на бакарот и другите елементи од рудата преку формирање на воден раствор бакарен сулфат, кој впрочем се користи и во земјоделството, но како заштитно средство (пестицид). Ваквиот раствор ќе оди понатаму во процес на електролиза за одвојување на бакарот од водниот раствор“, објаснува Георгиев, и додава дека со процесот на лужење, односно третирањето на рудничкиот материјал во Казандол со сулфурната киселина (иако ќе биде разредена), ќе доаѓа и до нејзино испарување, при што е можна појава на локална кисела роса, па дури и кисели врнежи. Освен тоа, Георгиев објаснува дека „за процесот на електролиза и испирање на рудничкиот материјал ќе бидат потребни

ПРОТИВ, ВАЛАНДОВО БАРА РЕФЕРЕНДУМ


www.kapital.mk

Капитал број 913 28.04.2017

12

COVER STORY

Валандовската котлина е под влијание на средоземноморска клима со многу топли денови, со благи зими, температура од -5 до 35 целзиусови степени што овозможува успешно одгледување на калинка (punica granatum), смоква (ficus carica), јапонско јаболко (diaspyros caci), маслинка (olea sativa), киви (actinidia cientis) огромни количина на вода при што ќе дојде до зафаќање на околните реки и водотеци чии води ќе бидат вклучени во процесот“. „Зафаќањето на водните текови ќе има влијание врз достапната вода за наводнување на земјоделските површини под рудничкиот зафат. А употребата на загадена вода во земјоделството може да доведе до уништување на миркофлората и микрофауната на земјоделските површини, но и загадување на земјоделските продукти со тешки токсични метали“, предупредува Георгиев и додава дека постои голем ризик и од недостиг на вода воопшто. „Со минирањето (употребата на експлозивите), поради вибрациите многу често доаѓа до пореметување на режимот на подземните води. Постојат случаи на делумно или целосно пресушување на извори и бунари поради вибрациите од минирањето“, вели Георгиев. Прашината која што се создава од ископот на рудата, како и растворите од сулфурна киселина и раствори од бордова чорба т.е. бакарен сулфат, според Георгиев, се потенцијална закана да ја загадат почвата.

Рудниците лоша реклама на земјоделството

Отворањето на рудник и капацитет за преработка на рудата, со сите потенцијални штетни последици е лош пи – ар за земјоделството. „Има многу примери кога производите произведени во непосредна рудничка близина многу лошо се продаваат

на пазарите. А овој крај е познат по земјоделското производство и од него опстануваат голем број на жители“, вели Георгиев. Граѓаните од овој крај, стравуваат дека никој нема да сака да откупи земјоделски производи ако знае дека се одгледани во близина на рудник и капацитет за обработка на руда. „Како што секој од нас до денес се уште прашува дали некој земјоделски производ е од велешко или не поради загадувањето од топилницата, така рудниците во нашиот регион ќе ни направат лоша реклама и ќе го загрозат и така лошиот пласман“, велат граѓаните. Откако станаа се погласни барањата на граѓаните од југоисточниот регион преку референдум да се изјаснат дали одобруваат отворање на рудници во овој земјоделски крај, дел од концесионерите исто така почнаа да водат кампања дека „процесот на производство ќе биде еколошки безбеден без штетни емисии во атмосферата, подземните и површинските води“. Од украинската компанија Сардич МЦ, во медиумите деновиве објаснуваа дека „опремата која ќе се инсталира е најсовремена“. „Нема топење руда, туку се работи за безбеден затворен еколошки процес без емисии надвор. Нема испуштање на индустриски води. Во нашиот комплекс производниот процес е технолошки поврзан

во циркулација на растворите кои ги добиваме со лужење на рудата. Лужењето е процес во кој се врши оросување на руда која е првично дробена, значи немаме прашина. Рудата се оросува со многу слаб раствор на сулфурна киселина по систем капка по капка со што се спречува испарување и се добива бакар сулфат од 0,15% како конечен продукт во хидролошки објекти, а тоа е синиот камен, којшто во земјоделството се користи како еколошки пестицид познат како бордовска чорба. И од тој раствор на бакар сулфат ги добиваме бакарните катоди со помош на електролиза. Растворот циркулира постојано“, изјави Бошко Сибиновски од компанијата Сардич МЦ. Меѓутоа, консултантот за животна средина Георгиев, вели дека без оглед на гаранциите што ги даваат на хартија инвеститорите, фразата “ќе се исполнат сите европски директиви“ не гарантира дека навистина ќе се исполнат сите директиви, и го посочува примерот со рудникот во Јегуновце каде на концесионерите им биле дадени неколку рокови за исполнување на обврските за на крај да се издаде наредба за затворање на погонот во Јегуновце. Според него, голем е и ризикот од несреќи или хаварии, особено кога станува збор за сеизмички активно подрачје како Валандово каде што честа е појавата на земјотреси. „Складирањето и доставата на сулфурната киселина (концентрирана) секогаш е


www.kapital.mk

Капитал број 913 28.04.2017

13 ризична операција, бидејќи ќе биде на дневна или неделна основа, што значи дека барем најмалку еднаш неделно по патиштата до рудникот ќе се движи „темпирана бомба“. Складирањето на сулфурната киселина во близината на рудникот е исто така потенцијална опасност која може да предизвика тешки последици во непосредната близина при евентуално изливање“, предупредува Георгиев.

Гевгелија против, Валандово бара референдум

На првиот референдум во југоисточна Македонија, кој што се одржа во неделата во Гевгелија, граѓаните хорски во еден глас се изјаснија против отворање на рудници од тешката загадувачка индустрија. Дури 99,1% од граѓаните на прашањето „Дали сте за или против отворање рудници за метални минерални суровини на територијата на општина Гевгелија?“ заокружија „против“, и со тоа искажаа недоверба кон државните институции кои што се обидуваат да гарантираат дека рудниците нема да имаат штетни последици врз животната средина. Од иницијативата Спас за нас од Гевгелија, по успехот на референдумот изјавија дека општината ја одбранила својата иднина. Тие објаснуваат дека со начинот на кој било

поставено прашањето, на територијата на Гевгелија и во иднина веќе нема да може да се бара концесија ни за геолошки испитувања, а камоли за експлоатација на земјиштето за вадење метални суровини. Според нив, одлуката донесена од референдумот на кој се изјаснуваа граѓаните на Гевгелија е задолжителна бидејќи истиот бил одлучувачки а не консултативен. На референдумот му претходеше подолга кампања, во која се вклучија речиси сите советници од Советот на општината, без оглед на нивната партиска припадност, а градоначалникот Иван Франгов, непосредно пред одржувањето на референдумот изјави дека „нема некој нормален што би дал таква концесија“. „Едно е концесија за детални геолошки истражувања, а друго е за експлоатација. Ние со овој референдум го стопираме процесот уште на самиот почеток. Кога некој условно би побарал концесија за експлоатација, во старт мислењето на општината ќе биде не и негативно. Ние имаме компаративни предности, за многу повеќе вработувања во многу други гранки и области. И 30 години некој рудник да плаќа надоместоци за концесија за потоа илјада години Гевгелија да биде иселена и завиена во црно, не ни треба“, рече Франгов пред гевгелиските советници.

Во исто време, иницијативи за распишување на референдум има и во Валандово и во Богданци, бидејќи според одлуката објавена во Службен весник, локалитетот Казандол ги опфаќа трите околни општини, Валандово, Богданци и Дојран. Иако овој рудник е веќе во изградба и според проценките на инвеститорот, веќе една третина од инвестицијата е реализирана, граѓаните велат дека битката против отворањето на рудникот Казандол и капацитетот за преработка на рудата трае одамна, уште од кога е и дадена концесијата за експлоатација. Одлуката во Службен весник е објавена во февруари 2015 година, потпишана од тогашниот премиер на државата, Никола Груевски. Локалното еколошко друштво во Валандово во неколку наврати реагирало и до Советот на општината, и кај градоначалникот, а испратиле забелешки дури и до Министерството за транспорт и врски и Министерството за животна средина, но наишле на молк кај институциите. Интересно е што во последниот Локален акционен план за животна средина (ЛЕАП) на општината Валандово од 2009 година, потпишан од градоначалникот Николче Чурлиновски, е утврдено дека оваа општина е еколошки чиста со основна дејност земјоделство и во неколку наврати,


Капитал број 913 28.04.2017

14

www.kapital.mk

COVER STORY

оваа стратегија се залага за развој на квалитетно земјоделско производство вклучувајќи и поттикнување на органското производство. Иако се спомнува рудникот Казандол како потенцијално место за експлоатација на бакар, во оваа програма не е предвиден капацитет за преработка на рудата, односно технолошкиот процес кој што е најризичен и спаѓа во Г1 – тешка и загадувачка индустрија. Земјоделците од овој регион велат дека правилата за органско земјоделско производство се дотолку строги, што забрануваат во радиус од 50 километри да има депонија, а камоли рудник или капацитет за преработка на руда. Од иницијативата Спас за Валандово која што од неодамна бара општината да распише референдум, информираа дека разговарале со сите советници во Советот на општината, итно да закажат седница со единствена точка на дневниот ред – распишување на референдум за отворањето на рударски комплекс. „Како граѓанска иницијатива, сметаме дека е неопходно граѓаните да го кажат своето мислење, и да го дадат својот глас за или против отворање на рудник во општината. Согласни бевме со повеќето од советниците, дека станува збор за прашање од заеднички општ интерес. Сведоци сме на тоа колку погрешните политики можат да бидат штетни по населението, особено по малите места. Ние сметаме дека отворањето на рударски комплекс ќе биде погубно за иднината на општина Валандово. Ова е прашање кое не може да биде затворено од неколку луѓе зад затворени врати, затоа што Валандовската котлина, климата и еколошки чистата средина ни е дадена од генерациите пред нас, но ни е позајмена од генерациите

кои доаѓаат. Затоа мора да се слушне гласот на секој од нас, до последен“, информираа од иницијативата Спас за Валандово. Но, професорот од Правниот факултет, Борче Давитковски, вели дека во овој случај референдумот би бил пост фактум оти концесијата е веќе доделена на инвеститорот, и каква било одлука нема да има правни последици. „Сепак постојат правни механизми со кои што може да се бара запирање на изградбата на капацитетот за преработка на руда во валандовско. Може да се бара раскинување на договорот за концесија, или изземање на капацитетот за преработка од договорот. Концесиите за минерални суровини ги дава Владата, односно Министерството за економија, а општините во овој случај се само консултирани“, истакна Давитковски. Без оглед на правното дејство, експертите оценуваат дека гласот на граѓаните мора да се почитува кога станува збор за носење одлука за влез на оваа индустрија имајќи ги предвид сите потенцијални ризици. „Ризици за животната средина од отворањето на рудници и капацитети за преработка на рудата со лужење при што се употребува сулфурна киселина, секако дека има. Прашањето е колку сме ние сериозна држава овие ризици да ги сведеме на минимум. Од друга страна, сосема легитимно е барањето на граѓаните, особено од југоисточниот регион кои се занимаат претежно со земјоделство, на референдум да се изјаснат дали се за или против влезот на оваа индустрија на нивна територија. Во Валандово рудникот веќе се гради, што значи дека некој од општината дал позитивно мислење за тоа, а дали било консултирано локалното население е друго прашање“, изјави за медиумите поранешниот декан на Рударско – геолошкиот факултет во Штип, Тодор Делипетров.

Богатството за концесионерите, за државата трошки

Над 280 приватни фирми имаат добиено концесии за минерални суровини и годишниот надомест што го плаќаат изнесува 1 милион евра, покажаа податоците од Министерството за економија што ги објави Центарот за граѓански комуникации. Во оваа база на податоци ги има сите 378 тековни договори за концесии за детални геолошки истражувања и за експлoатација на минерални суровини заклучно со крајот на 2015 година . Концесиите се издадени за 73 видови на минерални суровини на површина од околу 390 километри квадратни. За користење на минералните суровини компаниите плаќаат по две основи. Првата е годишен надомест за издадени концесии кој за сите активни концесии изнесува 1 милион евра на годишно ниво. Втората основа е дефинирана со Тарифникот за утврдување на висина на надоместоци и според него компаниите плаќаат за количините на експлоатираните суровини кои се поделени во пет категории (енергетски минерални суровини, металични минерални суровини, техногени минерални суровини, неметалични минерални суровини и вода) и за нив се плаќа по тон, процентуално од пазарната вредност или во апсолутен износ. Согласно Законот за концесии концесискиот надоместок изнесува 2% од вредноста на металот, а овој износ потоа се распределува на два дела при што едниот дел од надоместокот се насочува во општинската каса каде што одат 78%, а 22% одат во државниот буџет. Експертите коментираат дека ова е сосема мал процент на концесиски надомест што го плаќаат компаниите на државата. Базата на податоци покажува дека за двата рудника што веќе се градат во југоисточна Македонија, Казандол и Иловица, концесионерите ќе платат годишен надомест од околу 100 илјади евра годишно. Притоа, компанијата Сардич МЦ има добиено концесија за површина од околу 15 километри квадратни и надоместокот што ќе го плаќа е 44 илјади евра, додека пак остатокот треба да го плаќа компанијата Еуромак Рисорсис за концесија на површина од 18,8 километри квадратни. Освен тоа, овие компании ќе треба да плаќаат и по 2% од вредноста на суровината. Во случајот со компанијата Сардич МЦ, според нивните пресметки тоа е околу 450 илјади евра годишно, што е околу 15% од општинскиот буџет за 2016 година. nnn



Капитал број 913 28.04.2017

ПАЗАР НА КАПИТАЛ

фото: Povijest.hr

16

www.kapital.mk

ТЕХНОЛОШКИ ТРЕНДОВИ И НОВИТЕТИ НА 18-ТА ГОДИШНА КО

СВЕТОТ СЕ ЗАНИМАВА BLOCKCHAIN И CROWD А БАЛКАНОТ НЕ ЈА ЗНА АЗБУКАТА НА ФИНАНСИ

ДОМАШНА БЕРЗА: ВЕТУВАЧКИ РАСТ НА ИНДЕКСОТ, НО СÈ У


www.kapital.mk

ОНФЕРЕНЦИЈА НА МАКЕДОНСКАТА БЕРЗА

А СО DFUNDING, АЕ НИ СИСКИОТ ПАЗАР!

Капитал број 913 28.04.2017

17 Македонската берза, одлучи повторно да го врати Охрид како место на одржување на својата традиционална Годишна конференцијата, наместо Скопје пет години по ред, како своевиден сигнал за оптимизмот што се јавува на пазарот на капитал и покрај политичката криза и секако, заради асоцијацијата на езерскиот град во главите на сите засегнати учесници со некои посреќни, не така дамнешни берзански времиња. Овој пат донесе и многу интересни говорници од странство коишто ги претставија најновите технолошки трендови на финансиските пазари, како crowdfunding, blockchain, потоа финансирањето стартапи, итн., додека ние на Балканот сè уште се занимаваме со тоа дали една компанија газдата треба да ја пушти да излезе на берза или да си земе кредит од банка како и обично.

УШТЕ СКРОМЕН ДНЕВЕН ПРОМЕТ И ОТСУСТВО НА СТРАНЦИ


www.kapital.mk

Капитал број 913 28.04.2017

18

ПАЗАР НА КАПИТАЛ

пишува:

Игор Петровски

В

igor.petrovski@kapital.mk

“Влезот во полнолетство“, односно својот 18-ти роденден, фамозната Годишна конференција на Македонската берза го прослави во една прилично контрадикторна констелација на односите на пазарот на капитал: од една страна, после долго време се чувствува заживување на трговијата со хартии од вредност, додека истовремено државата се наоѓа во веројатно најтешката политичка криза од осамостојувањето наваму (ако не го сметаме воениот конфликт во 2001 година, се разбира). На прв поглед оваа ситуација изгледа парадоксална, но како што истакна полушеговито еден од учесниците на Конференцијата, компаниите и инвеститорите изгледа веќе отрпнаа на долготрајната нестабилност и покажуваат перформанси најдобри во последниве неколку години. Дури и самиот организатор, Македонската берза, одлучи повторно да го врати Охрид како место на одржување на конференцијата, наместо Скопје пет години по ред, како своевиден сигнал за оптимизмот што се јавува на пазарот на

капитал и секако, заради асоцијацијата на езерскиот град во главите на сите засегнати учесници со некои посреќни, не така дамнешни берзански времиња. А, амбиентот во кој што се одржа настанот е следниов: минатата, 2016 година, берзанскиот промет само во класично тргување изнесуваше 38 милиони евра, за 12% повеќе во однос на 2015 година. Берзанскиот индекс МБИ 10 порасна за 16%, а годинава, како што истакна извршниот директор на Македонска берза, Иван Штериев, исто така, имаме добар прв квартал, што влева оптимизам. Вкупната добивка на котираните компании во 2016 година изнесуваше 185 милиони евра, што е дури за 25% повеќе во однос на годината претходно. Компаниите делат дивиденди, некои и од акумулираните добивки од претходните години, со принос од 5-10%, што е одлично во услови на историски најниски каматни стапки. “Меѓутоа, останува неизвесноста поради долготрајната политичка криза што ги воздржува инвеститорите, особено странските, во донесувањето одлуки“, рече Штериев на отворањето на настанот. Тој истакна и дека Берзата во соработка со уште неколку регионални пазари на капитал ја направила потребната инфраструктура во насока на зголемување на тргувањето со хартии од вредност, и дека сега на потег се инвеститорите. „Регионалната платформа SEE Link во моментов опфаќа 5 берзи, 585 хартии од вредност, 30 банки и брокерски куќи, а се преговара со уште 4 регионални берзи за вклучување во проектот. Сепак, ова ќе биде

еден долгорочен процес зашто е потребно време бизнисите и инвеститорите да ги сфатат можностите и потенцијалите што ги нуди оваа платформа“, додаде Штериев.

Зошто би излегувале на берза кога кредитирањето е полесно?

Освен за потенцијалите на регионалната платформа за берзанско тргување SEE Link, на Конференцијата годинава се дискутираше за уште неколку теми што ги инкорпорираат во себе најновите моменти и трендови во делот на финансиските пазари, берзите, корпоративното управување, новите технологии како blockchain, но и теми како стартапи, crowdfunding и сл., досега не баш вообичаени за традиционалниот концепт на агенди за Берзанската конференција. За тоа што е подобро за една компанија, да остане во рацете на основачите/ сопствениците или пак да излезе на берза преку емисија на акции, се дискутираше на панелот насловен “Поглед во иднината: Public vs Private“. Модераторот, професорот од Економскиот факултет при УКИМ Скопје, Кирил Јовановски ги истакна позитивните и негативните страни на “јавните“ и “приватните“ компании (овде се послуживме со буквалниот превод од англиската терминологија која за првата категорија подразбира фирми што котираат на берза преку емисија на акции, додека вторите се некотирани компании во рацете на семејства, фондови и сл., што нема врска со она што вообичаено го подразбираме под јавни (државни) и приватни (недржавни) компании, н.з.) со

ПОРАКА: ОПТИМИЗМОТ Е ТУКА, НО АКО СИТЕ ЈА ОЧЕКУВААТ ПЛИМАТА, А НИ


www.kapital.mk

Капитал број 913 28.04.2017

19 СУДИР НА МИСЛЕЊА

ЧИНГАРОВСКА ЗА ИНТЕГРИРАН РЕГУЛАТОР, ПОПОСКИ НЕ

Интересна полемика се случи за време на Берзанската конференција во Охрид помеѓу претседателката на Комисијата за хартии од вредност, Елизабета Чингаровска и првиот човек на Агенцијата за супервизија на осигурувањето, Климе Попоски.

И

нтеграција на регулаторите на небанкарскиот финансиски пазар и создавање на единствен регулатор на оваа сфера побара претседателката на Комисијата за хартии од вредност при поздравното обраќање на Годишната конференција на Берзата во Охрид. “Со цел имплементирање на унифицирани стандарди за супервизија на целиот небанкарски финансиски сектор, намалување на ризиците за арбитрарно одлучување, подобро управување со ризиците и констатацијата дека, за жал, Македонија речиси и да нема позитивен пример на компанија која што од некотирана, односно “приватна“ станала котирана, т.е. “јавна“, преку иницијална понуда на акции. Претставниците од компанискиот, берзанскиот и банкарскиот сектор пак, ги изложија своите мислења за тоа зошто е ситуацијата токму таква и какви се шансите нешто да се смени во блиска иднина. “Една од причините е веројатно дека голем дел од сопствениците се воздржуваат од евентуално излегување на берза затоа што се плашат дека може да го загубат својот фокус на сопственоста. Да мислат попрво на следниот квартал, на следниот годишен извештај, на регулаторните барања за транспарентност, известување и сл., наместо на развојот, проектите...Но, со промената на амбиентот, компаниите ќе мора да се отворат кон јавноста. Би требало со промената на генерациите да дојде нов менаџмент што поинаку ќе гледа на моментот професионализам наспроти сопственоста, односно на трансформацијата од приватни кон котирани компании“, рече Ѓорѓи Петрушев, управител на М6 Инвестиции, компанијата зад која што стои капиталот на домашниот бизнисмен Светозар Јаневски, долгогодишен директор на Пивара Скопје, сега сопственик на винаријата Тиквеш. Директорот на Белградската берза, Синиша Крнета, смета дека во Србија, Македонија и останатите понеразвиени финансиски пазари на Балканот всушност не постои свесност, ниту едукација за тоа што значи пазар на капитал. За да го

зголемување на транспарентноста и одговорноста, можеби е време да се размисли за идејата за создавање ефикасен и ефективен регулатор, преку интеграција на сите регулаторни тела на пазарот на хартии од вредност, осигурувањето и пензиските фондови“, рече Чингароска. Претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурувањето, при своето излагање на еден од панелите подоцна, се спротивстави на оваа идеја, сметајќи дека не е време за тоа. “Не е битно колку регулатори има, битно е тие да си ја вршат работата. Со воведувањето нови финансиски продукти на пазарот, се зголемуваат и ризиците за инвеститорите и регулаторите мора пред сè да си ја извршат функцијата на нивна заштита од нетранспарентност и неодговорност кај учесниците на пазарот“, рече Попоски.

илустрира ова се послужи со примерот на неговата земја: “Кај нас активата на финансискиот пазар го сочинуваат 92% банки, 6% осигурителни компании, 1% лизинг и 1% останува на инвестициските фондови и инвестиции на берзата. Имаме преку 40% од кредитните пласмани кај физички лица, и само 16% во индустрија. Имаме приватен сектор што кога планира раст и развој не размислува за друга алтернатива за финансирање освен сопствена акумулација и задолжување. Во време кога во светот имаме blockchain, crowdfunding, итн., ние на Балканот не владееме со основните елементи на азбуката на финансискиот пазар“, рече Крнета. Тој додаде дека пазарот на капитал и банкарскиот сектор на ниеден начин не се конкуренција, туку се потполно комплементарни. “Сите оние муабети низ годиниве за тоа дека полесно е да дојдеш до капитал преку берза одошто во банка, не се точни. Особено сега, кога каматите се на најниско историско ниво. Причината зошто не се случија излегувања на берза на приватни компании е заради незнаењето, кое што пак, најголемо беше кај донесувачите на одлуки, односно политичарите. Во земјите како Полска, Чешка или Унгарија, берзите беа ставени во функција на макроекономскиот развој, односно како алатка во приватизацискиот период, а не во постприватизацискиот, како во Србија или Македонија.“, истакна директорот на Белградската берза. Основачот и сопственик на синџирот маркети Тинекс, Владимир Тодоровиќ,

ИКОЈ НЕ ПОВЛЕКУВА НОГА, НЕ МОЖЕ ДА ИМА РАСТ

PUBLIC VS PRIVATE

Е

дна од причините е веројатно дека голем дел од сопствениците се воздржуваат од евентуално излегување на берза затоа што се плашат дека може да го загубат својот фокус на сопственоста. Да мислат попрво на следниот квартал, на следниот годишен извештај, на регулаторните барања за транспарентност, ЃОРЃИ известување и сл., наместо ПЕТРУШЕВ на развојот, проектите...Но, управител, со промената на амбиентот, М6 инвестиции компаниите ќе мора да се отворат кон јавноста.

В

о Србија активата на финансискиот пазар го сочинуваат 92% банки, 6% осигурителни компании, 1% лизинг и 1% останува на инвестициските фондови и инвестиции на берзата. Имаме преку 40% од кредитните пласмани кај физички лица, и само 16% во индустрија. Имаме приватен сектор што не размислува за друга алтернатива за СИНИША финансирање освен КРНЕТА директор, сопствени пари и Белградска берза задолжување. Во време кога во светот имаме blockchain, crowdfunding, итн., ние на Балканот не владееме со основните елементи на азбуката на финансискиот пазар.

П

рилично лесно обезбедува банкарски кредити за финансирање на растот и развојот и заради тоа можноста за прибирање капитал преку берза во моментов не ни е атрактивна. Можеби кога ќе стигнеме до некоја фаза во развојот за да бидеме преризични за банките да нè следат, ќе размислуваме за емитирање акции. Секако дека котирањето си има свои придобивки – зголемена транспарентност, подобрено корпоративно управување, итн., со што добивате на кредибилитет и кај самите банки, а и кај потенцијалните инвеститори во вашата компанија.

ВЛАДИМИР ТОДОРОВИЌ сопственик, Тинекс


www.kapital.mk

Капитал број 913 28.04.2017

20

ПАЗАР НА КАПИТАЛ ЗАЖИВУВА ЛИ БЕРЗАТА?

М ИВАН ШТЕРИЕВ

директор, Македонска берза

инатата година берзанскиот промет само во класично тргување изнесуваше 38 милиони евра, за 12% повеќе во однос на 2015 година. Берзанскиот индекс МБИ 10 порасна за 16%, а годинава, исто така, имаме добар прв квартал, што влева оптимизам. Вкупната добивка на котираните компании во 2016 година изнесуваше 185 милиони евра, што е дури за 25% повеќе во однос на годината претходно. Компаниите делат дивиденди со принос од 5-10%, што е одлично во услови на историски најниски каматни стапки. Меѓутоа, останува неизвесноста поради долготрајната политичка криза што ги воздржува инвеститорите, особено странските, во донесувањето одлуки.

смета дека засега неговата компанија со своите резултати и рејтинг прилично лесно обезбедува банкарски кредити за финансирање на растот и развојот и заради тоа можноста за прибирање капитал преку берза во моментов не му е атрактивна. “Можеби кога ќе стигнеме до некоја фаза во развојот за да бидеме преризични за банките, па ќе размислуваме за емитирање акции. Секако дека котирањето си има свои придобивки – зголемена транспарентност, подобрено корпоративно управување, итн., со што добивате на кредибилитет и кај

В

о фокусот на вниманието на европските регулатори и понатаму останува финансиската писменост како еден од предусловите за заштита на инвеститорите. Се преземаат мерки и се прават услови за да се подобри знаењето и финансискиот капацитет на пошироката јавност. Во оваа насока се преземаат и мерки за унифицирање на стандардите за финансиско известување во сите земји на ЕУ, а Македонија ќе ги следи тие регулативи. Подготвуваме и нов Кодекс за корпоративно управување на акционерските друштва.

самите банки за евентуални понатамошни аранжмани со нив и откако ќе станете акционерско друштво, а и кај потенцијалните инвеститори во вашата компанија.“, рече Тодоровиќ.

Мали или големи, сите инвеститори бегаат веднаш и на најмал знак на криза

На панелот наречен “Управување со ‘others people money’ и пазарот на капитал“, учесниците дискутираа околу алтернативните можности за инвестирање што постојат во моментов на домашниот и околните

ЕЛИЗАБЕТА ЧИНГАРОВСКА претседател, Комисија за хартии од вредност

пазари, а сето тоа во контекст на глобалната состојба на сегментот од финансискиот пазар што се нарекува “asset management” или управување со парите, имотот на клиентите. Џон Јоновски од asset management компанијата Phalanx Capital ја постави дилемата дали после 8-9 години од почетокот на големата светска финансиска и економска криза се промени нешто во свеста на учесниците на пазарот или сме во фрагилна ситуација повторно. “Во моментов луѓето во светот не размислуваат за некаков екстра поврат

МЕГА - ТРЕНДОВИ ПРЕТСТАВЕНИ НА БЕРЗАНСКАТА КОНФЕРЕНЦИЈА

ЕВЕ КАДЕ (ЌЕ) СЕ ИНВЕСТИРА ВО СВЕТОТ

Shared economy, автономни дронови и автомобили, биткоин, блокчеин, Internet of things, Virtual/Augmented reality, роботика и паметни домови се “жешките“ сфери во кои што светскиот капитал веќе се слева или допрва ќе се слева, истакна швајцарскиот инвеститор Мајк Баур, еден од учесниците на 18-та Годишна берзанска конференција

П

реку 1.500 стартапи, 110 институции за финансирање, 85 коворкинг простори, 70 организации за поддршка на претприемачите, 900 милиони швајцарски франци инвестирани во стартапи во 2016 година...вака изгледа стартап сцената на Швајцарија, глобално најиновативната земја во светот, што ја претстави Мајк Баур, поранешен банкар, сега инвеститор

во стартапи преку платформата Startup Factory, еден од говорниците на Берзанската конференција. Колку и да е далеку неговата земја од Македонија и регионов во поглед на економската развиеност и износот на пари и инфраструктура што стојат на располагање за стартап проекти, тој ги охрабри и балканските претприемачи да размислуваат глобално, да немаат никакви ограничувачки фактори во главата и да бараат инвеститори насекаде по светот. “Shared economy, автономни дронови и автомобили, биткоин, блокчеин, Internet of things, Virtual/Augmented Мајк Баур, 20 години банкар во швајцарските гиганти UBS и Credit Suisse, сега инвеститор во стартапи имаше моќна презентација во Охрид

reality, роботика и паметни домови се ‘жешките’ сфери во кои што светскиот капитал веќе се слева или допрва ќе се слева. Им порачувам на претприемачите, прво и основно, да направат добар тим, да ја проучат конкуренцијата, да бидат информатички ефикасни, да не избрзуваат со глобално лансирање на продуктот и да не очекуваат висока заработка веднаш “, рече Баур.

ТЕХНОЛОГИИ: БЕРЗАТА ДОНЕСЕ ЕКСПЕРТИ ЗА BLOCKCHAIN И CROWDFUNDING


НЛБ мПроклик – мобилно банкарство за правни лица

Секогаш повеќе за Вашиот бизнис! Новата НЛБ мПроклик апликација за мобилно банкарство за правни лица Ви овозможува едноставен пристап и постојан увид на состојбата и прометот на Вашите сметки и бизнис картички. Со НЛБ мПроклик можете да ги реализирате сите банкарски трансакции само со еден клик – директно преку Вашиот мобилен телефон.

www.nlb.mk www.nlbtb.mk

Контакт центар: 02 / 15 600


www.kapital.mk

Капитал број 913 28.04.2017

22

ПАЗАР НА КАПИТАЛ УПРАВУВАЊЕ СО ТУЃИТЕ ПАРИ

В

ЈОСИП ГЛАВАШ

директор, Erste Asset Management, Хрватска

исоката ликвидност кај банките и историски најниските каматни стапки ги натераа луѓето во Хрватска да бараат нешто ново за инвестирање. И банките се вклучија во понудата со нови инструменти, продукти, како и осигурителната и фондовската индустрија. На почетокот луѓето сакаа посигурни приноси, па ставаа депозити во банки. Потоа решија малку повеќе да ризикуваат и почнаа да вложуваат во акции и фондови. И на крајот се случи Агрокор, па берзата паѓаше по 7-8% три дена по ред и сите се разбегаа. И сега одиме од почеток.

П МАРИЈА БОЈЧИНОВА член на Одбор, Expat Asset Management, Бугарија

редизвикот во Бугарија ни е како да ги привлечеме т.н. retail investors, односно индивидуалните вложувачи во хартии од вредност. Првиот index tracking фонд придонесе во извесна мера за зголемен интерес за вложување во акции. Се трудиме на клиентите да им направиме оптимум портфолио, во согласност со нивните очекувања, афинитетот за ризик, итн. Треба да ги едуцираме клиентите дека банкарските депозити на пример, не се инструменти ослободени од ризик како што се мисли, и за тоа какви сè можности постојат на пазарот.

на своите пари како порано, туку во момент на екстремно ниски, па дури и негативни каматни стапки за штедење, дилемата е како да се сочува и оној капитал што го имаат.“, рече Јоновски. Тој, како долгогодишен инвестициски банкар и советник со искуство во менаџирањето на различни портфолија за клиенти, додаде дека без оглед дали се работи за инвеститори од повисок профил, кои што ви доверуваат за менаџирање неколку милиони долари најмалку или пак т.н. retail investors што вложуваат во акции или фондови, човечкиот инстинкт да бега кога ќе има криза е ист кај сите. Токму на оваа непредвидливост на движењата на пазарите на капитал и однесувањето на инвеститорите во услови на криза се осврна и претставникот на фондовската индустрија од Хрватска, Јосип Главаш, директор на Erste Asset Management. Тој истакна дека имотот на сите отворени инвестициски фондови во Хрватска минатата година пораснал за 500 милиони евра и во моментов изнесува околу три милијарди евра. “Високата ликвидност кај банките и историски најниските каматни стапки ги

Т

рендовите од развиените пазари за осигурување доаѓаат и кај нас, затоа што потребни се нови продукти за развој и раст на овој пазар во Македонија на долг рок, кој што веќе динамично расте, особено во делот на животното осигурување . Од 2015 година имаме понуда на животно осигурување со можност парите вложени во полисата да ги оплодува инвестициски фонд и интересот е голем. Сепак, мора да се знаат и потенцијалните ризици. Регулаторот е тука да обезбеди максимална транспарентност, информираност и едукација на оние што ги ставаат своите пари во поризични инструменти.

КЛИМЕ ПОПОСКИ

претседател на Совет, Агенција за супервизија на осигурувањето

В

о моментов луѓето во светот не размислуваат за некаков екстра поврат на своите пари како порано, туку во момент на екстремно ниски, па дури и негативни каматни стапки за штедење, дилемата е како да се сочува и оној капитал што го имаат. Без оглед дали се работи за инвеститори од повисок профил, кои што ви доверуваат за менаџирање неколку милиони долари најмалку или пак т.н. retail investors што вложуваат во акции или фондови, човечкиот инстинкт да бега кога ќе има криза е ист кај сите.

натераа луѓето да бараат нешто ново за инвестирање. И банките се вклучија во понудата со нови инструменти, продукти, како и осигурителната и фондовската индустрија. На почетокот луѓето сакаа посигурни приноси, па ставаа депозити во банки. Потоа решија малку повеќе да ризикуваат и почнаа да вложуваат во акции и фондови. И на крајот се случи Агрокор, па берзата паѓаше по 7-8% три дена по ред и сите се разбегаа. И сега одиме од почеток“, ги сподели хрватските искуства Главаш. Тој смета дека е одлично што луѓето научија дека има и други финансиски инструменти освен банкарските депозити, но дека е потребно уште едукација за тоа што значи долготрајно штедење, односно инвестирање во фондови и сл. “Еве, и во банките да погледнете, најголем дел од депозитите се на една година. Од инвестициски фонд можете да излезете кога сакате, но не е тоа поентата на фондовското вложување. Берзите доживуваат турбуленции, но на долг рок, пазарите растат“. Климе Попоски, првиот човек на Агенцијата за супервизија на осигурувањето е задово-

ЏОН ЈОНОВСКИ

основач и партнер, Phalanx Capital

лен што македонскиот финансиски пазар расте, особено во делот на осигурувањето, каде што се појавија и нови, досега непознати продукти, како што е т.н. unit link осигурување во делот на животното осигурување, но дека токму заради новите можности за инвестирање, се зголемуваат и ризиците и затоа е потребна максимална транспарентност, информираност и едукација на клиентите. “За една година фондот што нуди менаџирање на парите од полисите за животно осигурување во соработка со една компанија за животно осигурување, стигна до еден милион евра портфолио. Сега имаме барање за уште две компании да се занимаваат со unit link осигурителни планови. Во земјите од централна и источна Европа над 50% од структурата на животното осигурување е во unit link опциите. Нормално е дека се поатрактивни опциите кога некој преку инвестирање на светските берзи може да ви направи поголем принос на парите што ги вложувате за плиси. Но, мора да се знаат потенцијалните ризици. Ние како регулатор имаме задача да направиме превенција на тоа поле.“, истакна Попоски. nnn

КРИСТАЛНО ЅВОНО: АЛКАЛОИД ПО 6ТИ ПАТ НАЈТРАНСПАРЕНТНО А.Д.


ЛИДЕР ВО ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО НА КВАЛИТЕТНИ ГРАДЕЖНИ МАТЕРИЈАЛИ КВАЛИТЕТ-ПРОМ е препознатливо име во областа на трговија со градежни материјали. Наша основна карактеристика по која се разликуваме од другите е целосната посветеност кон конкретните потреби и желби на нашите клиенти. Квалитетот е потврден со сертификати од самите производители. КВАЛИТЕТ-ПРОМ со своето долгогодишно искуство во продажбата и набавката на градежни материјали е докажан бренд на македонскиот пазар. За нашиот квалитет и посветеност кон работата доволно говори долгата референтна листа на задоволни клиенти и соработници. За сите наши производи вршиме транспорт до вашиот објект или склад. Испораката е навремена и бесплатна. Ваше е само да порачате, а ние ќе го организираме сето останато. КВАЛИТЕТ-ПРОМ располага со армирачки погон, јавен царински склад со отворен и затворен простор со можност за складирање на различни видови стока како и со царински терминал за увоз-извоз со можност за сместување на 100 товарни возила.

kvalitet-prom.com.mk


ШТО ДОБИВАТЕ СО ОН-ЛАЈН ПРЕТПЛАТА НА КАПИТАЛ: претплата на 1. Со електронското издание на Капитал

заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

за најава од 2.Можност три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

до електронското 3. Пристап издание од било каде во Светот

ШТО ДОБИВАТЕ СО ПРЕТПЛАТА НА ПЕЧАТЕНОТО ИЗДАНИЕ НА КАПИТАЛ: l 49 броја на редовното издание на Капитал l 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал l Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа l Платена поштарина l Вклучено ддв l Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози


СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

СВЕТСКИ ТРЕНДОВИ ШТО ЌЕ ЈА ТРАНСФОРМИРА ЕНЕРГЕТСКАТА ИНДУСТРИЈА ДОПРВА?

ЕНЕРГИЈА

МАКЕДОНСКАТА РЕАЛНОСТ: ЕНЕРГИЈАТА (НЕ) Е НАШАТА РАБОТА!


Капитал број 913 28.04.2017

26

www.kapital.mk

ЕНЕРГИЈА

МАКЕДОНСКАТА РЕАЛНОСТ

EНЕРГИЈАТА (НЕ) Е НАШАТА РАБОТА!

МАКЕДОНИЈА: ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ И ОБНОВЛИВИТЕ ИЗВОРИ


www.kapital.mk

Капитал број 913 28.04.2017

27 Енергијата е крвотокот на секоја економија и општество, тоа го знаат сите донесувачи на политички одлуки и креатори на стратегии за енергетска одржливост. Или безмалку сите. За жал, македонските “десижн мејкери“ не поставија здрави темели за што поголема енергетска независност и одржливост на домашната економија – со што земјата останува со неизвесна иднина во поглед на снабдувањето со енергија на економичен и еколошки прифатлив начин. пишува:

О Игор Петровски

igor.petrovski@kapital.mk

Од први јули годинава вкупно 226 потрошувачи - државни претпријатија, министерства, обвинителства, болници, општини, итн. – ќе имаат право слободно да одберат од кого да купат електрична енергија на пазарот. Со ова практично почнува втората од петте фази од либерализирањето на пазарот за струја, процес што Владата пред три години го одложи, со образложение дека ги штити потрошувачите од ценовен шок. Снабдувачите во трка по клинети, најавуваат сметки за струја пониски и до 30%. Но, освен новите 226 потрошувачи, кои по новиот критериум ќе се стекнат со право за избор, за две недели или од 1 мај околу 30 нови потрошувачи ќе добијат зелено светло за избор на снабдувач . И тоа по стар критерум кој е веќе на сила, а ги опфаќа компании кои изминатата година успеале да направат промет од 10 милиони евра и при тоа да имаат повеќе од 50 вработени. Во моментов цената на струјата на европските берзи е на релативно ниско ниво, и во одредени моменти АД ЕЛЕМ

РИ НА ЕНЕРГИЈА СЕ ДВАТА КЛУЧНИ СТОЛБА НА ЕНЕРГЕТСКАТА ИДНИНА


www.kapital.mk

Капитал број 913 28.04.2017

28

ЕНЕРГИЈА

Н КОНСТАНТИН ДИМИТРОВ Центар за енергетска ефикасност МАЦЕФ

авистина немаме време за чекање. Ако немаме сопствена одржлива енергетска база, практично го губиме суверенитетот како економија и држава. Во иднина ќе може било кој, особено соседите, да ја злоупотребува нашата зависност од увоз на енергија. Мора веднаш да се почне со изградба на електрични централи на сончева енергија и други потенцијални извори на обновлива енергија.

А СОЊА РИСТЕСКА Аналитика тинк – тенк

ко се спореди парично, ако инвестираме во јаглен и ако инвестираме во користење обновливи извори на енергија како сонце, ветер, енергетска ефикасност, велосипедизам, електричмни возила, итн. тогаш сумата е скоро иста, некаде околу четири милијарди евра од 2010 до 2050 година.

тврдеше дека е поевтино да се увезува, одошто да се произведува во амортизираните капацитети на најголемиот домашен капацитет РЕК Битола, кој учествува со 70-80% во домашното производство на електрична енергија. Но, што ќе се случи кога ќе привршат резервите на јаглен во рудниците крај РЕК Битола? Што ако берзанската цена на струјата доживува големи флуктуации во иднина?

Клучните енергетски проекти не се градат за еден циклус на власт, затоа сите политички гарнитури бегаат од нив

Енергијата е крвотокот на секоја економија и општество, тоа го знаат сите донесувачи на политички одлуки и креатори на стратегии за енергетска одржливост. Или безмалку сите. За жал, македонските “десижн мејкери“ не поставија здрави темели за што поголема енергетска независност и одржливост на

домашната економија – со што земјата останува со неизвесна иднина во поглед на снабдувањето со енергија на економичен и еколошки прифатлив начин. “Енергетиката е скапа работа. Треба многу да се вложи, долго се градат капацитетите, а потоа исплаќањето е на многу долг период. Од таа причина сите политички гарнитури просто бегаат од овие проекти како од жежок костен. За било која влада што ќе почне да гради крупни проекти од типот на хидроелектраните Чебрен и Галиште, што треба да чинат помеѓу 400- 600 милиони евра, не би требало да е проблем да се обезбедат стотина милиони евра годишно кога градењето трае 5-6 години. Но, тоа надминува еден четиригодишен циклус на владеење и потоа, на тој што го почнал проектот, може да му се случи да го смени друга власт, која што би ги преземала заслугите за довршување и пуштање на проектот во употреба. “, вели професорот Константин Димитров, член на претседателството на Центарот за енергетска ефикасност – МАЦЕФ. Паралелно со прашањето на обезбедување на стабилно производство на електрична енергија е и проблемот на енергетската ефикасност. “Енергетската ефикасност и стратегијата за искористување на обновливите извори на енергија се двата клучни столба на кои што треба да се потпре енергетската иднина на Македонија. Енергетската ефикасност не значи штедење на енергија во буквална смисла како што ја перцепираме обично погрешно. Штедење е кога ќе ја изгаснеме светилката, таа не свети, па штедиме енергија. Енергетска ефикасност е кога ќе инсталираме светилки што трошат 3-4 пати помалку струја од конвенционалните“, објаснува проф. Димитров. Енергетската ефикасност и искористувањето на алтернативните извори на енергија мора да бидат главен фокус на секоја земја со цел полесно да се соочи со предизвиците во иднина, посочија пред извесно време на конференција за енергетската иднина на земјава од тинк тенкот Аналитика по направените анализи и сеопфатен проект за развој на македонската енергетика. Загадувањето е превисоко, а најголем загадувач во Македонија е енергетскиот сектор- велат од невладината „Аналитика“. Македонија, како и сите земји од ЈИЕ треба да се зафати со алтернативни планови за креирање енергетски модели и сценарија за поголема енергетска ефикасност и поголема искористеност на обновливите извори на енергија. Ако се спореди парично, ако инвестираме во јаглен и ако инвестираме во користење обновливи извори на енергија како сонце, ветер, енергетска ефикасност, велосипедизам, електричмни возила, итн. тогаш сумата е скоро иста, некаде околу четири милијарди евра од 2010 до 2050 година, вели Соња Ристеска, истражувачки и менаџмент координатор на „Аналитика тинк тенк“.

БРОЈКИ

50%

од потребите за енергија од сите видови Македонија обезбедува од увоз

30%

од потребната електрична енергија во земјава се увезува

60%

од моменталното искористување на електричната енергија во Македонија е добиено од електрани на јаглен

Еколошките организации очекуваат 60% од вкупната електрична енергија до 2050 година да биде од сонце, 10% од ветер, а 20% хидроенергија, но реалноста е поинаква. Во моментов, 60% од вкупната електрична енергија во државата се должи на искористувањето на јагленот, а државата планира да отвора нови електрични централи и негови ископувања. Наместо земјата сериозно да гледа да се справи со предизвиците на енергетскиот систем, најголемата компанија за производство на електрична енергија, ЕЛЕМ во изминатите пет години изгради само две нови централи - ветерниот парк “Богданци” и хидроцентралата “Матка 2”. МН: Да се инвестира во мини производни капацитети за електрична енергија “Државата прави планови за изградба на нови електрани на јаглен и нови ископи за јаглен, но ние сметаме дека тие пари не треба да се заробат во вакви нечиста енергија, особено кога веќе сме се обврзале на договор да ги намалиме емисиите, дека треба да се инвестира, не само во производство на чиста електрична енергија, туку и во инвестиции во домаќинствата како најголеми потрошувачи на енергија во топлинска енергија во регионот. Сите ги знаеме проблемите во зимскиот период со греењето на дрва, со енергетската сиромаштија којашто е некаде над 50% од домаќинствата, така што ние со нашите документи даваме алтернатива како да се решат овие проблеми“, вели Ристеска од Аналитка тинк-тенк. Професорот Константин Димитров од МАЦЕФ, апелира веднаш да се почне со изградба на електрични централи на сончева енергија и други потенцијални извори на обновлива енергија.

ОПАСНОСТ: ЕНЕРГЕТСКАТА ЗАВИСНОСТ ГО ЗАГРОЗУВА СУВЕРЕНИТЕТОТ



www.kapital.mk

Капитал број 913 28.04.2017

30

ЕНЕРГИЈА

На не повеќе од педесетина километри од нашата јужна граница набргу ќе поминуваат барем два гасоводи - Турски тек и ТАП, околу кои се испреплетуваат геополитички интереси што може да резултираат и со поврзување на првиот - што ја задржува Русија во играта, со вториот - што е поддржан од ЕУ, а токму со цел Москва да се ограничи како фактор

Р

усија и Турција до декември 2019 година планираат да ја завршат изградбата на двата цевководи од гасоводот Турски тек. Договорот беше потпишан на 10 октомври 2016 година во Истанбул. Првиот цевковод од Турски тек ќе доставува гас за Турција, а вториот треба истото да го прави за јужна и за југоисточна Европа. Овој втор крак го отвори прашањето што ќе значи Турски тек за Македонија, а во контекстот, кај нас, во Скопје, неколку дена по договорот за Турски тек, беше потпишан меморандум за разбирање меѓу Македонски енергетски ресурси (МЕР) и грчкиот гасен оператор ДЕСФА, за овозможување на изградбата на интерконективен вод за пренос на гас до Грција. Директорот на МЕР, Крсте Миладинов, говорејќи во пригодата, рече дека со завршувањето на првата делница од магистралниот гасовод Клечовце-Штип, се отворила можноста за изградба на интерконективниот вод за поврзување со Грција. А на северот на Грција, на не повеќе од педесетина километри од нашата јужна граница, ќе поминуваат барем два гасоводи - едниот руски (Турски тек), а другиот поддржан од Европа (ТАП - Трансјадранскиот гасовод). „Гасоводот (интерконективниот вод за пренос на природен гас, Штип-Неа Месемврија, со вкупна

“Навистина немаме време за чекање. Ако немаме сопствена одржлива енергетска база, практично го губиме суверенитетот како економија и држава. Во иднина ќе може било кој, особено соседите, да ја злоупотребува нашата зависност од увоз на енергија. Она што се прави со гасификацијата е крајно нужно, особено овој крак што се гради кон југ, затоа што утре, со само една цевка, ќе може да се приклучиме на кракот што ќе поминува низ Грција, како

ГАСОТ НАШ НАСУШЕН

ВАРИЈАНТИТЕ ЗА МАКЕДОНИЈА: ТУРСКИ ТЕК, ТАП ИЛИ И ДВАТА? должина од околу 160 километри, н.з.) ќе има годишен капацитет од над една милијарда метри кубни природен гас. Придобивките се големи зашто ќе се овозможи снабдување со дополнителни количини на природен гас што ќе бидат неопходни за наредните години, како што е користењето на рускиот гас и на оној од Азербејџан, и поврзување на гасоводот со проектот ТАП и со гасоводот Турски тек, како и со други коридори за кои има можност да поминуваат во нашето опкружување“, изјави Миладинов, кој рече дека се во тек подготовки за потпишување мемерандум (како овој со Грција) и со Србија, со што коридорот ќе стане и транзитен со дополнителни количини на гас. Националната гасоводна мрежа на Македонија треба да биде завршена до 2022 година, при што делницата Клечовце-Штип е готова, а се гради вториот потег од Штип до Неготино. Следната фаза ќе се однесува на дел од рускиот гасовод што сега се гради заедно со Турција (а треба да помине и низ Грција на патот кон Италија) или европскиот ТАП проект“, вели Димитров. Тој се залага за привлекување на странски капитал заедно со мобилизирање и на домашниот за инвестирање во мини производни капацитети на електрична енергија – фотоволтаици, ветерници, итн. Сега тоа сè уште не е дозволено. “Претходно мора да се регистрираш како

краците од Неготино до Битола, потоа Скопје–Гостивар и од Штип до Струмица и Гевгелија. Од парите за Клечовце-Штип - 75 милиони долари, 60 милиони се обезбедени од пребивање на клириншкиот долг од Русија, а 15 милиони од нашиот државен буџет. Вкупната должина на гасоводите во Македонија е околу 201 километри, а заедно чинат околу 90 милиони евра. Владата на Македонија веќе донесе одлука за почнување постапка за изградба на дистрибутивна мрежа за гас, со подобрени услови за полесно привлекување на потенцијалните инвеститори по пат на јавно приватно партнерство, при што до крајот на месецов ќе се избира концесионер за скопскиот, за западниот и за источниот регион. Подобрените услови подразбираат зголемување на концесијата од 20 на 30 години, како и намалување на цената за приклучување кон гасоводот за домаќинствата, од 100 на 80 евра. производител на струја, а не може како индивидуално домаќинство или компанија туку така да си инсталираш колектори или ветерни турбини и вишокот на произведена електрична енергија да го предаваш во дистрибутивната мрежа. На таков начин и во неа ќе се смали оптоварувањето, кое особено го чувствуваат крајните потрошувачи. Во исто време и државата ќе стане помалку зависна од увоз на струја и горива. “, додава Димитров. nnn

ГАСОВОДИ ВО МАКЕДОНИЈА: 201 КМ ДОЛЖИНА, 90 МИЛИОНИ ДОЛАРИ



www.kapital.mk

Капитал број 913 28.04.2017

32

ЕНЕРГИЈА

СВЕТСКИ ТРЕНДОВИ

ШТО ЌЕ ЈА ТРАНСФОРМИРА ЕНЕРГЕТСКАТА ИНДУСТРИЈА ДОПРВА? пишува:

Игор Петровски

П

igor.petrovski@kapital.mk

Промените во побарувачката за енергија и новите можности за производство на енергија од обновливи извори ги тераат енергетските компании да инвестираат во алтернативни решенија, да ја модернизираат својата инфраструктура

и да бараат нови начини за заработка. Ова ќе продолжи како што производителите и дистрибутерите на енергија мора да изградат “попаметна“ инфраструктура и да ги интегрираат моќните нови технологии и аналитички платформи. Од IFS, глобалниот лидер за бизнис софтвер, поставија четири клучни трендови за оваа година и за во иднина, што ќе го обликуваат енергетскиот пазар.

Традиционалните енергетски компании ќе прифатат стартап мајндсет

Инвестициите во обновливи извори сега се околу половина од новите енергетски капацитети во светот, а овој пазар ќе расте за 13 процентни поени повеќе во следните пет години

одошто беше предвидено минатата година, пред сè придвижен од инвестициите во енергија од ветер и сонце. Енергетските снабдувачи сега гледаат да го децентрализираат својот капацитет и да се диверзифицираат во полето на обновливата енергија. Некои традиционални енергетски компании ги модернизираа веќе своите операции и ја претркаа конкуренцијата со тоа што формираа иновациски одделенија што треба да експериментираат и да ги проверуваат новите можности. За да се префрлат брзо во новиот растечки сектор на обновливи извори, дали е тоа на земја, воздух или во вода, значи дека традиционалните треба да размислат за формирање


ПОЛНИ РЕТКО, ВОЗИ ДОЛГО Детоил ДОО, ги овозможува најквалитетните нафтени деривати на сите наши бензински станици и нуди широк асортиман на галантерија за вашите возила. Ние го максимизираме задоволството на нашите потрошувачи нудејќи им целосна палета на услуги што треба да ги поседува една бензинска станица. Ја штитиме нашата околина и интересот на нашите соработници и клиенти. Детоил ДОО се стреми кон воведување на најмодерните стандарди за функционирање на бензинските пумпи. Располагаме со 7 бензински пумпи: Бензинска Пумпа 1- На стариот пат Куманово - Крива Паланка, во општина Старо Нагоричане, на 100 метри пред раскрсницата за Пелинце Бензинска Пумпа 2 -Лоцирана на автопат Е75 делница Табановце-Куманово стационажа 6,8 км од десно Бензинска Пумпа 3 -Лоцирана во населба Вера Которка (на регионалниот пат Куманово-Свети Николе од лева страна) Бензинска Пумпа 4 - Лоцирана на улица Перо Наков 108a Скопје, веднаш до Супер Тинекс Бензинска Пумпа 5- Лоцирана на улица Индустриска бр. 11 - Куманово, веднаш до Агрокуманово Бензинска Пумпа 6- Лоцирана на автопат E75 делница Катланово - Скопје Бензинска Пумпа 7-Лоцирана на улица Моша Пијаде бр.14 Велес

www.detoil.com.mk


www.kapital.mk

Капитал број 913 28.04.2017

34

ЕНЕРГИЈА

Со темпото на иновации и нови технологии, енергетските компании ќе мора да почнат да размислуваат како стартапи; потрошувачите ќе бараат сè повеќе избор и флексибилност за тоа кога и како ја користат (а некои и произведуваат) енергијата; дроновите ќе станат паметни и ќе може да вршат некои поправки на електричната мрежа, а интуитивните машини ќе учат за сè што се случува во компанијата на сосема нови бизнис единици или посебни финансиски ентитети целосно посветени на обновлива енергија – што значи формирање на нови бизниси – веднаш. Ова значи дека на енергетските компании ќе им требаат повеќе агилни и брзи на реагирање организации и технички платформи, што веројатно ќе биде базирани на cloud. Ова значи редефинирање на клучните процеси како што се финансии, планирање на ресурси, поддршка на терен, supply chain management, што ќе можат тимски да се здружуваат и да бидат оперативни за кусо време, способни за менување во трк. За да може сето ова да се случи, енергетските компании мора да прифатат нов, стартап мајндсет во периодот што следи.

Трансформација од снабдувач со енергија во “снабдувач со lifestyle“

Во моментов сведоци сме на појавата на еден сосема нов енергетски екосистем. IDC предвидува дека до 2020 година, 2,5 гигавати електрична енергија ќе бидат генерирани од 20% од Fortune 500 компаниите – коишто не се во принцип традиционални енергетски компании. Ако кон ова се додадат потрошувачите со сопствени соларни панели на крововите или ветерници, кои што сакаат да го продаваат вишок енергија на слободниот пазар, и ќе може да ги видиме веќе производителите и дистрибутерите на енергија како се трансформираат од централизирани снабдувачи кон повеќе разгранети, двонасочни провајдери на услуги. Потрошувачите бараат сè повеќе избор и флексибилност во тоа кога и како консумираат – а сега и снабдуваат – енергија. Ова ќе биде постигнато само преку развој на “паметни“ енергетски мрежи при што потрошувачите со помош на поточни, real-time, пресметки на потрошувачка ќе бидат во можност да ја менаџираат и оптимизираат сопствената “паметна потрошувачка“. Но, овој премин од енергетски снабдувач

Индивидуални куќи или бизниси почнуваат да произведуваат вишоци енергија преку соларни панели или ветерни турбини што потоа може да се продаваат во “снабдувач со лајфстајл“ ќе бара многу подинамичен и пооптимизиран пристап во одржувањето и теренското сервисирање, како и високо ниво на услуги во сите сегменти. За да се изгради и одржува “паметна“ инфраструктура, сервисните техничари и инженерите мора да бидат поддржани од конектирани технологии. Ова значи дека енергетските компании што ќе почнат што побрзо со дигитална трансформација на своите бизнис процеси преку интегрирање на нови технологии, augmented reality и voice апликации ќе добијат подобро менаџирање на своите ресурси, подобро планирање, извршување на одлуките и побрзо сервисирање на сите барања на потрошувачите.

Прашање: Кога дронот станува робот? Одговор: Кога ќе почне да коси трева

Дроновите забрзано стануваат норма на енергетскиот пазар, како уште еден пар очи за надгледување на електричната мрежа, нафтоводите, итн. Годинава се очекува да се направи чекор понатаму. Прво, податоците собрани од дроновите да се интегрираат директно со бизнис софтверските платформи за автоматски да се генерираат работни налози во случај кога ќе се најде проблем. Ова може да биде испратено веднаш до инженерите на терен за брзо да реагираат. Меѓутоа аналитичарите на IFS очекуваат употребата на дроновите

да не застане кај надзорот. Како што тие ќе стануваат сè поадаптибилни, постои реален потенцијал за нив да извршуваат поправки и мануелни задачи самите. Дроновите сè уште не се на нивото самостојно да носат одлуки, но со моменталното ниво на иновативноста во дроновската технологија, релативно брзо ќе дојде времето кога тие ќе можат да извршуваат барем едноставни задачи. Но, како што дроновите ќе стануваат сè понормална работа, ќе се носат и сè повеќе регулативи, и тоа не само од аспект на безбедноста во воздушниот простор. Како, на пример, неодамнешната регулатива во Шведска која забранува користење на дронови со камера без дозвола.

Интуитивните машини доаѓаат

Machine learning (автоматското учење на машините) е во центарот на т.н. 4-та индустриска револуција. Автоматизираните интелигентни аналитички платформи може да учат од огромното агрегирање на податоци од целата компанија и да дадат евалуација на перформансите на сите компаниски ресурси и нивниот статус. Периодов што следи воведува пред енергетските компании, големи и мали, нов светски поредок, што значи возбудливи нови бизнис можности, поголема конектираност, поголема автоматизација и повеќе податоци што ќе произведат повеќе интелигенција за водење на бизнис операциите. nnn



Капитал број 913 28.04.2017

36

www.kapital.mk

КАПИТАЛ АНАЛИЗА

ЕГЗОДУС: 40% ОД ГРАЃАНИТЕ САКААТ ТРАЈНО ДА

МАКЕДОНИЈА ДОПРВ ЌЕ ГИ БРОИ ЕКОНОМС ШТЕТИ ОД ИСЕЛУВА

ММФ: ЗЕМЈИТЕ ОД ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА ЌЕ СЕ СООЧАТ СО


www.kapital.mk

Капитал број 913 28.04.2017

37

А СИ ЗАМИНАТ

ВА СКИТЕ АЊЕТО БРОЈКИ

15%

од БДП ќе изгубат некои земји од Југоисточна и Источна Европа од иселувањето

61%

од младите на возраст меѓу 15 и 24 години се изјасниле дека сакаат да се иселат засекогаш

92%

од граѓаните на возраст над 65 години сакаат да останат во Македонија

Македонија се соочува со масовен одлив на млади и едуцирани луѓе. Според последните анкети дури 61% од младите луѓе на возраст од 15 до 24 години сакаат да се иселат трајно од Македонија. Заминувањето на најпрогресивниот слој, кој треба всушност да ги предводи промените во општеството, ја остава земјата да тоне во маѓепсаниот круг од кој единствен излез е миграцијата. Компаниите остануваат без квалитетна работна сила, што на крајот ја намалува конкурентноста на целата економија, и ги празни државните пензиски и здравствени фондови. пишува:

O

Биљана Здравковска Стојчевска biljana.zdravkovska@kapital.mk

Околу 40% од македонските граѓани размислуваат да се иселат и засекогаш да ја напуштат државата. Ова го покажува едно од последните истражувања на оваа тема кое го направија Македонскиот центар за меѓународна соработка и телевизијата Телма. Како главна причина за иселувањето анкетираните го наведуваат нискиот животен стандард, невработеноста, но и политичката ситуација. Анкетата покажува дека 31% од Албанците и дури 40% би ја напуштиле државата. Ако се анализираат резултатите според возраста на анкетираните, тогаш дури 61 % од младите на возраст меѓу 15 и 24 години се изјасниле дека сакаат да се иселат засекогаш, додека 92% од граѓаните на возраст над 65 години сакаат да останат во Македонија. Сериозно за иселување размислуваат луѓето на возраст од 35-54 години, група која покрива најголем дел од работоспособното население во земјата. Околу 15% од испитаниците одговориле дека причина поради која сакаат засекогаш да си заминат од Македонија е политичката ситуација, а интересно е што дури 8 % одговориле дека се веќе во подготовка да се иселат од државата. Експертите велат дека ова се трагични трендови и предупредуваат дека масовното иселување многу сериозно се заканува да предизвика долгорочни проблеми врз економските и демографската иднина на Македонија. Миграцијата не е ниту нов проблем, ниту пак е проблем само на Македонија. Одењето на печалба отсекогаш постоел во

Македонија. Но, она што е загрижувачки е што во последната деценија трендот на иселување е најсилно изразен како поединци и семејства кои се високо едуцирани, високи квалификувани, добро ситуирани, кои најчесто се иселуваат трајно повлекувајќи го со себе целото семејство. Повеќе експерти веќе јавно повикуваа дека овие трендови на иселување кои се многу изразени во последните неколку години, треба да ги алармира институциите, особено МАНУ, да истражува што би се случило во Македонија доколку навистина се иселат толку многу луѓе. Но, Македонија нема направено попис уште од 2002 година и воопшто не се знаат точните бројки колку луѓе се веќе иселени, заради што е многу тешко да се креираат соодветни политики со кои би се влијаело на овој проблем.

Економските штети од иселувањето

Експертите се децидни дека масовното иселување создава огромни штети врз економијата. Иселувањето на млад и едуциран кадар сигурно ќе се ја остави земјата без работна сила, а компаниите ќе бидат принудени или да го намалуваат производството или да плаќаат скапа, а неквалификувана работна сила, што на крајот ќе намали конкурентноста на целата економија. Според Извештајот на Светска банка Македонија е рангирана на 23-то место во група од 25 земји со најмногу иселеници, во друштво на Западниот Брег и Газа, Самоа, Гранада, Сент Луција, Сао Томе и Принципе. Светска банка, пак, неодамна објави податок што многумина остави со подзината уста – бројот на отселени Македонци до 2013 година, што всушност ја опфаќа емиграцијата во последните 50 години и покажува колкава е дијаспората, изнесува 626.312 луѓе. Проценките на Светска банка се дека до 2030 година во Македонија ќе има околу 1.800.000 жители. Во еден извештај на оваа меѓународна финансиска институција за Југоисточна Европа, се констатира дека „регионот губи огромен дел од младото и образовано население. Албанија, Македонија, Косово,

О УШТЕ ПОСИЛНИ НЕГАТИВНИ ЕФЕКТИ ОД ЕМИГРАЦИЈАТА


www.kapital.mk

Капитал број 913 28.04.2017

38

КАПИТАЛ АНАЛИЗА

Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина се меѓу топ земјите според бројот на емигрантите. Една четвртина од граѓаните веќе живеат надвор од своите татковини“, пишува во Извештајот на Светската банка. Во овој извештај се проценува дека од деведесеттите години до денес, 4,9 милиони луѓе ги напуштиле овие шест земји, но ако порано главната причина за тоа беа војните по распадот на Југославија, денес луѓето си заминуваат главно од економски причини. „Слабиот економски раст, хроничната невработеност, животниот стандард еднаков на третина од европскиот просек и постојаната ранливост на надворешни кризи ги тераат луѓето да трагаат по подобри економски услови. Најголем дел од емигрантите се млади, работоспособни и генерално пообразовани отколку оние што остануваат во татковината“, констатираше Светската банка во својот извештај и ги предупреди „властите да инвестираат во развојни проекти што ќе поттикнат брз економски раст, ќе отворат нови работни места во приватниот сектор за да ги мотивираат младите да останат во своите земји, а оние што заминале да посакаат да се вратат“. Сп о р е д п о с л е д н ите п од ато ц и н а Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), само во 2014 година, Македонија ја напуштиле 21.003 граѓани, што е рекордна бројка на иселени луѓе во последните 15 години. Од 2000 година наваму, од кога ОЕЦД ја евидентира емиграцијата, од Македонија се отселени вкупно 171.730 луѓе. Пред неколку месеци и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) објави фрапантен извештај за емиграцијата и нејзините штетни последици во земјите од Источна, Централна и Југоисточна Европа. Според проценките на ММФ, во периодот од 1990 до 2012 година, по падот на Железната завеса, над 20 милиони луѓе емигрирале од овој дел на Европа, а најголем дел од нив биле млади, високо едуцирани и обучени кои заминале во западноевропските земји членки на ЕУ барајќи подобра работа. Тоа според експертите на ММФ, го намалило економскиот раст, продуктивноста и конкурентноста на економиите во земјите погодени од емиграција, а довело до позитивни резултати и корист лично за емигрантите и посебно за земјите приматели. ММФ во овој извештај констатира дека „мотивите за иселување главно биле подобра работа и подобра плата“. Истражувањето покажало дека колку што владите биле помалку ефикасни, а институциите послаби, така се зголемувала веројатноста младите и образовани луѓе да побараат подобри можности надвор. Истражувањето на ММФ покажува дека за високо едуцираните кадри позначаен фактор за емиграција бил квалитетот на институциите, додека за помалку квалификуваните работници клучно за тоа

Емиграцијата на високо едуцираните луѓе е силно поврзана со слабото владеење во земјите. Затоа земјите од Југоисточна Европа, каде што борбата против корупцијата, владеењето на правото и ефикасноста на власта се послаби, се соочуваат со поголем одлив на високо едуцирани кадри во споредба со земјите од Источна Европа. дали и каде да емигрираат биле социјалните надоместоци. Олеснувањето на условите за патување на земјите од Југоисточна Европа во периодот на европското проширување од 2004 до 2007 година, придонело за многу голем одлив на работна сила. Истражувањето покажува дека емигрантите кои емигрирале се обично помлади и со повисоко ниво на образование од оние кои остануваат во земјата. Економската миграција водена од индивидуалниот избор е дел од економскиот развој. Преку преселби во странство, емигрантите бараат начини како да ја подобрат својата состојба и состојбата на своите семејства кои остануваат во земјите. Но, во извештајот на ММФ се наведува

дека економската емиграција која што се случува во изминатите 25 години од исток кон запад е уникатна од многу аспекти. Прво, таа е од досега невидена брзина, големина и постојаност, споредено со досегашните емиграции на било кое друго место. Второ, многу од емигрантите од источните земји се млади и високо едуцирани, што исто така досега не било случај никаде на друго место, поклопувајќи се во исто време со трендот на стареење во многу источно европски земји, што има далекосежни ефекти врз економијата и на продуктивноста. Трето, оваа емиграција се чини е перманентна и трајна. Експертите велат дека одливот на младите од земјата е трагедија бидејќи како што тргнало, овде ќе останат да живеат само

ФАКТ: КОРУПЦИЈАТА ГИ БРКА ВИСОКОЕДУЦИРАНИТЕ КАДРИ


They say diamonds are forever… and so is an MBA!

Enjoy the most Valuable classroom experience – real life Harvard Business School case studies, business simulations and participant centered learning that enhance your strategic decisionmaking skills and critical thinking

a Rare opportunity to learn alongside esteemed professionals in order to build an extensive and exclusive network of useful contacts which could lead to new business opportunities The most Desirable and sought after degree in the world by employers, entrepreneurs and future leaders

World-class curriculum that applies a global outlook on current issues, taught by international faculty from top –tier schools with a rich portfolio of expertise

A brilliant cut to fit your demanding work schedule and maintain your work – life balance, giving you more flexibility to acquire the skills and experiences to fulfil your career objectives

Access to the Highest Quality internationally accredited degree by the Accreditation Council for Business Schools and Programs (USA) created as a combination of European and American educational standards

So don't lose a diamond, while chasing glitter! Enroll at the UACS MBA program! За повеќе информации: Бул. Трета македонска бригада бр. 60, 1000 Скопје Телефон: + 389 (0) 2 2463 156; 2463 159 Е-пошта: graduate@uacs.edu.mk

www.uacs.edu.mk

UACS SKOPJE

UACSKOPJE

YOUTUBE.COM/USER/UACSKOPJE

UACSKOPJE


www.kapital.mk

Капитал број 913 28.04.2017

40

КАПИТАЛ АНАЛИЗА БРАНКО АЗЕСКИ

претседател на Стопанската комора на Македонија

И

селувањето и миграцијата постоела и ќе постои, и тоа е глобален процес. Не треба да се занимаваме со проблемот дали некој ќе одлучи да си замине од државата, туку треба сите напори да ги насочиме кон тоа како да создадеме подобри услови за тие да одлучат да останат да работат и создаваат во Македонија

пензионери. „Државата треба да сфати дека не само што губи идни ресурси, туку и губи средства кои ги инвестирала во развојот и во образованието на тие млади луѓе. Бидејќи очигледно емиграцијата не запира, на долг рок ќе се соочиме не само со демографско стареење на населението, туку со екстремност на целосно стара држава, која ќе почива на пензионери и на ништо друго“, велат експертите.

Компаниите се потешко наоѓаат работници

Македонија, но и многу земји од Источна, Централна и Југоисточна Европа веќе се соочуваат со недостаток на високо едуцирани кадри на пазарот, а тоа е посебно изразено во Балтичките земји и во земјите од Југоисточна Европа. Од почетокот на 90-години емиграцијата ја намалувала работната сила во источните земји во просек за половина или еден процентен поен. Тоа значи дека ако не била емиграцијата, работната сила денес би била за 10% до 20% поголема од постојната. Во последно време многу компании се погласно зборуваат дека имаат големи проблеми со наоѓање на квалификувани работници. Овој проблем ќе станува се поизразен во услови кога многу млади и едуцирани луѓе одлучуваат да се иселат од земјата. Претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески потврдува

дека македонските компании се соочуваат со проблеми да најдат квалификувани работници, но според него, миграцијата и иселувањето на луѓето од земјата не се причината за тој проблем. “Иселувањето и миграцијата постоела и ќе постои, и тоа е глобален процес. Не треба да се занимаваме со проблемот дали некој ќе одлучи да си замине од државата, туку треба сите напори да ги насочиме кон тоа како да создадеме подобри услови за тие да одлучат да останат да работат и создаваат во Македонија. Секој може да има предизвик да си замине од Македонија, бидејќи едноставно Македонија е мала земја”, вели Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија. Според Азески, вистинскиот проблем кој компаниите најчесто го имаат со работната сила е неусогласеноста на образовниот систем со потребите на стопанството. “На оваа индустрија која ја има Македонија, вклучително и на странските инвеститори кои отвораат фабрики во земјава, им се потребни квалификувани кадри со специјализирано стручно образование, а не им требаат толкав број на високообразовни кадри. Станува веќе бесмислено какви кадри се произведуваат во нашиот образовен систем. Стигнавме во фаза во која и оние кои работат на шалтер во банки, уште малку и касиерките, ќе треба да имаат завршено факултет. Ние ги лажеме младите генерации,

бидејќи македонската економија не може да го апсорбира тој кадар. Мора да го слушнеме гласот и потребите на бизнисот и на индустријата”, вели Азески. Стопанската комора на Македонија предлага воведување на дуалниот систем на образование во средните стручни училишта. Тој принцип е воведен во Германија и во некои други земји, според кој образованиот систем произведува кадар, каков што и потребен на индустријата.

Иселувањето ја намалува конкурентноста на економијата

Емиграцијата исто така ја намалува и конкурентноста на економијата. Прво, намалувањето на работната сила создава притисок за зголемување на домашните плати, бидејќи олеснетите услови за работа во странство ја зголемуваат моќта за преговарање на оние работници кои остануваат. Во исто време, замената на обучените работници кои се отселиле оди многу бавно и создава поголеми трошоци за економијата, што ја намалува нејзината конкурентност. Анализите на ММФ покажуваат дека продуктивноста во регионот на Источна, Централна и Југоисточна би била шест процентни поени повисока од онаа во периодот од 1995 до 2012 година, ако не била емиграцијата. Овие ефекти се многу поизразени во Југоисточна Европа. Исто така, да не била емиграцијата економскиот раст на земјите од овие региони бил за седум процентни поени повисок во истиот период. Експертите на ММФ прогнозираат дека емиграцијата ќе продолжи, па така како последица на емиграцијата во периодот од 2015 до 2030 година земјите од источна и Југоисточна Европа ќе изгубат дополнителни околу 9% од бруто домашниот производ, а кај некои земји таа загуба ќе биде и до 15%. Во следните 15 години, западноевропските земји и целата Европската унија ќе бидат тие кои ќе имаат корист од овие процеси на емиграција. nnn

АНКЕТА: 8% ОДГОВОРИЛЕ ДЕКА СЕ ВО ПОДГОТОВКА ДА СЕ ИСЕЛАТ


СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

КОРПОРАТИВНА ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ

5 МАЈ

2017

ПОВЕЌЕ ОД ТРОШОК, ПОВЕЌЕ ОД ТРЕНД! Од фамозната изјава на Милтон Фридман дека единствената општествена одговорност на компаниите е да го максимизираат профитот па сè до денешната CSR 2.0 платформа, концептот на корпоративната општествена одговорност еволуираше радикално. На крајот на денот, општествената одговорност е менаџмент концепт: колку бизнис лидерите сфаќаат дека таа ја определува одржливоста на компаниите на долг рок? Западните компании тоа го знаат и се менуваат, а во која фаза се македонските? Македонските компании при градењето на својот имиџ на општествено одговорни компании треба да ги користат и добрите, но и лошите искуства на поискусните светски компании. Стекнувањето на имиџ е долга, постепена и тешка работа која не смее да биде нападна за да не се западне во грешка, односно потенцијалните купувачи одговорното однесување да не го доживуваат како ”правдање” пред јавноста.

5 МА

201Ј 7

Во специјалниот прилог “Корпоративна општествена одговорност: Повеќе од трошок, повеќе од тренд! “ што ќе излезе на 05.05.2017, меѓу другото, анализираме на кое ниво е свесноста на бизнисите во Македонија за општествената одговорност како деловна стратегија за одржлив раст, а не само како тренд и потреба за промоција. Еве што сè ќе може да прочитате во прилогот:

l БИЗНИСИТЕ ПОМЕЃУ ОБВРСКАТА КОН АКЦИОНЕРИТЕ И ОДГОВОРНОСТА КОН ЗАЕДНИЦАТА: КАКО ДА СЕ НАЈДЕ НАЈДОБРИОТ БАЛАНС l ОДГОВОРНИ ПРАКТИКИ НА ДОМАШНИТЕ И СТРАНСКИТЕ БИЗНИСИ ВО МАКЕДОНИЈА l СОЦИЈАЛНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА: НОВ МОДЕЛ НА КОМПАНИСКА ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ l ФОРМИРАН КЛУБ НА ОДГОВОРНИ БИЗНИСИ ВО МАКЕДОНИЈА: РАЗГОВАРАВМЕ СО ВОДЕЧКИТЕ ЛУЃЕ l КАКВА Е ИДНИНАТА НА КОРПОРАТИВНАТА ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ: СВЕТСКИ УСПЕШНИ ПРАКТИКИ

Повеќе информации во врска со прилогот и за претставување во истиот можете да добиете на е-мail: marketing@kapital.com.mk l gordana.mihajlovska@kapital.mk или на телефонскиот број ++ 389 2 3298 505

ЛИЦE ЗА КОНТАКТ:

ГОРДАНА МИХАЈЛОВСКА


Капитал број 913 28.04.2017

СВЕТ

фото: Povijest.hr

42

www.kapital.mk

КОЛУМНА ОБЈАВЕНА ВО ТАЈМС ЗА ТУРЦИЈА ПО ЗАМАГЛУВАЊЕТО НА ЕУ ПЕРСПЕКТИВАТА

ТУРЦИЈА ГО ВРТИ ПОГЛЕДОТ КОН ПОРАНЕШНИТЕ ЗЕМЈИ НА ОСМАНСКАТА ИМПЕРИЈА

„Отидете денес во Македонија или во северен Ирак – две држави некогаш под власт на Истанбул – и ќе видите трговски центри полни со турски брендови, и семејства „запалени“ по најновите турски сапунски опери. Културата и бизнисот со години го отвораат патот на политиката“, пишува новинарката Хана Лусинда Смит во колумна во магазинот Тајмс

ЕРДОГАН: ЧЛЕНСТВОТО ВО ЕУ НЕМА ГОЛЕМО ЗНАЧЕЊЕ ЗА ТУРЦИЈА


www.kapital.mk

Капитал број 913 28.04.2017

С

Со европската мечта на Турција, изгледа, е готово. Само за едно десетлетие претседателот Реџеп Таип Ердоган се промени од човек кој можеше да влезе во историјата како лидер кој во Европската унија внел држава со мнозинско муслиманско население, до човек под чија власт Турција му сврте грб на Западот. Враќањето на смртната казна, кое го предложи Ердоган (и кое многу од неговите приврзаници го бараат за лидерите на крвавиот обид за преврат од минатото лето), со сигурност ќе го забрза крајот на надежите на Турција за влегување во ЕУ. Според правилата на Европа, не можат да бидат примани во Унијата нови членки, чие законодавство предвидува смртна казна. Но, Европа е последната грижа за многу Турци. Во контекстот направи впечаток, кога поранешниот премиер Ахмет Давутоглу договори зделка, што беше предвидено да им обезбеди на турските граѓани

фото: srbijadanas.com

43

безвизен пристап до шенгенскиот простор како една од наградите за запирањето на мигрантскиот бран кон Грција, народот не и обрна особено внимание. Малкумина веруваа дека ова ќе се оствари, и останатите се покажа дека биле во право. Крајниот рок беше одложуван постојано поради одбивањето на Турција да ги промени своите закони за борба со тероризмот. По обидот за преврат, Турција ги зацврсти овие закони, наместо да ги омекне, како што бараше ЕУ. Кавгата на Ердоган со неколку западноевропски влади влијае на расположението на многу од неговите најверни поддржувачи. За многу од нив, како и за нивниот лидер, Европа е лицемерна и неморална. „Ние се грижиме за три милиони Сиријци, а Европа само ги обожува парите“, е ставот на возрасен маж од Турција искажан на денот на тамошниот референдум. Во меѓувреме, на половината од Турција која гледа кон Европа, и е јасно дека со мечтите за влегување во ЕУ е завршено, и оти тоа е така откако Ердоган тргна по патот на авторитаризмот. Неговото непријателство кон Западот датира од пред четири години, од протестите во паркот Гези, против неговото владеење, при кои тој обвини туѓи сили дека поттикнуваат поделби во Турција. Сега Ердоган веројатно ќе ја забрза и

рашири надворешната политика исцртана од Давутоглу, кога тој беше министер за надворешни работи на Турција. Неговата идеја што тој ја нарече „стратешка длабочина“ е дека Турција треба да погледне најпрво кон нејзината природна периферија, државите од поранешната Османска империја, со кои има културни и неретко религиозни врски. Отидете денес во Македонија или во северен Ирак – две држави некогаш под власт на Истанбул – и ќе видите трговски центри полни со турски брендови, и семејства „запалени“ по најновите турски сапунски опери. Културата и бизнисот со години го отвораат патот на политиката. Но, секое кршење на турските односи со западна Европа нема да биде целосно. Турците се мајстори на политиката на зделките, за што сведочи нивното неодамнешно помирување со Израел, основано на ветувањата за договори за гас, а не на љубов. Трговијата и туризмот се многу важни за Турција, за таа да може да си дозволи целосно да и сврти грб на Европа. Ако Ердоган не обрне внимание на овој факт, тоа ќе удри по џебот на народот, а предизвикана економска криза е нешто што со најголема веројатност може да симне од власт еден турски лидер што грчевито се држи за власта. nnn


www.kapital.mk

Капитал број 913 28.04.2017

БАЛКАН БИЗНИС И ПОЛИТИКА

фото: Povijest.hr

44

РАСТЕЧКИТЕ ПЛАТИ ВО ЦЕНТРАЛНА И ИСТОЧНА ЕВРОПА ГО УРИВААТ МОДЕЛОТ ЗА ЕКОНОМСКИ РАСТ НА РЕГИОНОТ

Централна и Источна одамна се сметаат за релативно евтино место за производство дури и на сложени производи како автомобили и електронски производи по далеку пониска цена, отколку кога тие би се произведувале на Запад. Но, растот на платите во изминативе години се заканува да ги намали профитните маржи на големите фабрики кои секогаш се во потрага во евтина работна рака која им гарантира поголеми профити.

Ц

Централна и Источна одамна се сметаат за релативно евтино место за производство дури и на сложени производи како автомо-

били и електронски производи по доста пониска цена, отколку кога тие би се произведувале на Запад. Но, растот на платите во изминативе години може да го промени тоа, пишува Bloomberg. Просечните номинални плати во Унгарија во февруари се зголемени за 10,7% за само една година, што е највисок раст во последните девет години. Платите во Полска пак за изминатата година биле зголемени

за 5,2%. Овие тенденции се присутни и во целиот регион на Централна и Источна Европа. И покрај тоа што економиите на поранешните комунистички земји членки на Европската унија растат побрзо од економиите на еврозоната, а невработеноста во многу земји достигнува рекордно ниски ниво, од година во година нивото на платите го достигнува тоа од западните земји.

ПРОБЛЕМ: РЕАЛНИТЕ ПЛАТИ РАСТАТ ПОБРЗО ОД ПРОИЗВОДСТВОТО


РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ: 15 МАЈ 2017

КУРС ЗА БРЗО ЧИТАЊЕ ПРОЧИТАЈТЕ ЈА ВАШАТА ОМИЛЕНА КНИГА САМО ЗА ЕДНО ПОПЛАДНЕ l 17-19 мај 2017 година l 14:00-18:00 часот Институт КОНЦЕПТ, Скопје Брзото читање претставува збир од техники со чија примена ќе се доведе до развивање на вештина за брзо исчитување на текстови и нивно паметење. Просечниот читач може да прочита околу 250 зборови во минута. Со примена на техниките за брзо читање се овозможува двојно/тројно зголемување на брзината со која читаме. На курсот, преку практична работа и вежби, ќе се работи на зголемување на брзината на

читање, како и на зголемување на умствениот капацитет за разбирање, анализа, сеќавање и споредување на големи количини на информации. Курсот е наменет за сите оние кои сакаат да ги унапредат своите читачки вештини и да ја зголемат брзината на традиционалното читање, како и сите оние кои доаѓаат во допир со голем обем на информации, на кои треба соодветно да одговорат.

За повеќе информации посетете ја нашата веб страна: www.koncept.com.mk

КОНТАКТ: м-р Ленче Зикова и м-р Ирена Богоевска l e-mail: institut@koncept.com.mk l 02 3128 526 l 070 272 207

пролетна акција !!! 2+2= 240 eur 150 eur 4+4= 480 eur 280 eur НАЈДОБРАТА КОМБИНАЦИЈА ЗА ТОПЕЊЕ НА МАСТИ И ЦЕЛУЛИТ

EXILIS LASER + МЕЗОТЕРАПИСКА ЛИПОЛИЗА

Сакајте Г Вашет тел Скопје +389 2 / 321 66 08 www.ancevski.com.mk ancevski@laserlab.com.mk facebook.com / Ординација Д-р Анчевски


www.kapital.mk

Капитал број 913 28.04.2017

46

БАЛКАН БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Една од клучните теми во предизборната кампања на сегашниот чешки премиер Бохуслав Саботка од социјалдемократската партија, беше дека ќе стави крај на евтината работна рака. Словачкиот премиер Роберто Фицо се почесто јавно го поставува прашањето зошто работник во фабриката на Volkswagen во Словачка зема само една третина од платата што ја зема неговиот германски колега за истата работа.

Но, сега барањата и трендовите за повисоки плати претставуваат закани на моделот на економски раст во регионот, базиран на евтина работна рака, кое беше клучно за привлекување на странски капитал, вклучително и фабрики управување од светски познатите производители на автомобили како Volkswagen и Kia Motors, како и други индустриски гиганти како General Electric. “Растот на платите во регионот започнува да забрзува поттикнат oд комбинацијата на недостиг на работна сила и државните политики”, смета Вилијам Џексон, економист во Capital Economics во Лондон. “Клучниот момент е што растот на реалните плати го надминува растот на производството. Резултат од тоа е што зголемувањето на платите ќе започне да ги намалува профитните маржи на компаниите”, смета Џексон. Властите во регионот исто така ги поддржуваат барањата за повисоки плати, често таргетирајќи ги мултинационалните корпорации. Една од клучните теми во предизборната кампања на сегашниот чешки премиер Бохуслав Саботка од социјалдемократската партија, беше дека ќе стави крај на евтината работна рака. Неговиот словачки колега Роберто Фицо се почесто јавно поставува прашања зошто работник во фабриката на Volkswagen во Словачка зема само една третина од платата што ја зема неговиот германски колега за истата работа. Зголемувањето на платите можеби нема веднаш да стане закана за конкурентната способност на регионот, но развојот на настаните оди во тој правец. “Регионот се уште изгледа конкурентен. Но, ако нештата продолжат да се движат во истиот правец, тоа во крајна линија може да доведе до натрупување на дисбаланси и можеби до коригирање на вредноста на валутите”, смета Џексон. nnn

ТЕКСТИЛНИТЕ ГИГАНТИ ЗА ЕВТИНА РАБОТНА СИЛА СЕ СЕЛАТ ВО ЕТИОПИЈА, КАМБОЏА И МЈАНМАР

У

ште еден интересен тренд кој се случува во потрагата на големите мултинационални по евтина работна сила е селењето на големите текстилни фабрики кон Етиопија, Камбоџа и Мјанмар. Државите како Индија, Шри Ланка или Бангладеш веќе со години важат како Елдорадо за светската текстилна индустрија. Но, во потрага по уште поголеми профити оваа индустрија открива уште поевтина работна сила во Етиопија, Камбоџа и Мјанмар. Кинезите и Турција веќе имаат свој погони во овие земји. Месечната плата на квалификуван текстилен работник во овие земји изнесува 50 евра плус еден бесплатен оброк на ден, што е уште помалку од платите во досегашните

фабрики за евтини текстилни работници во Бангладеш или Индија. Етиопија има над 100 милиони жители и спаѓа меѓу најсиромашните земји во светот. Владата во Адис Абеба затоа прави се за да привлече повеќе странски инвеститори со цел бројот на вработени во текстилниот сектор од сегашните 50 илјади ќе се зголеми на 350 илјади во следните четири години. Етиопија нема излез на море, но затоа може да се пофали со релативна политичка стабилност. Производите преку пристаништето од соседната земја Џибути се извезуваат низ целиот свет и се продаваат во ланците како H&M и многу друг познати и евтини марки на облека.

ПРОГНОЗА: MОЖНО Е И КОРИГИРАЊЕ НА ВАЛУТИТЕ


РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ: 3 МАЈ 2017

ЕДНОДНЕВЕН ТРЕНИНГ:

КРЕИРАЊЕ НАПРЕДНИ МАРКЕТИНГ СТРАТЕГИИ СО КОРИСТЕЊЕ НА ЕКСЕЛ ЗА МАРКЕТИНГ И ПРОДАЖБА l 5 мај 2017 година l 10:00-15:00 часот Институт КОНЦЕПТ, Скопје БЕНЕФИЦИИ ЗА ВАС И ВАШАТА ОРГАНИЗАЦИЈА: l На компаниите им требаат извештаи од кои јасно се гледаат резултатите од работењето. Како истите да се создадат брзо и ефективно? Како истите да бидат прегледни и разбирливи? Како да станете експерт за подготовка на извештаи? l Тоа е можно со користење на напреден Excel. Сепак, само 1% од вработените во една компанија имале било каков вид на обука за работа во Excel.

l Овој тренинг објаснува напредни техники за анализа на продажбата во Excel, со практични примери од бизнисот. Според мислењето на учесниците, по тренингот нивната работа се забрзала и до 10 пати! l Примерите кои се користат се исклучиво од пракса.

КЛУЧНИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ТРЕНИНГОТ: l работа на практични примери (продажба) l фокусиран, интензивен тренинг во еден ден l напредни техники во Excel

За повеќе информации посетете ја нашата веб страна: www.koncept.com.mk

КОНТАКТ: м-р Ленче Зикова и м-р Бојана Делидинкова le-mail: institut@koncept.com.mk l02 3128 526 l070 272 207


www.kapital.mk

Капитал број 913 28.04.2017

48

ЛИДЕРИ

РЕКОА ЗА... МОТИВАЦИЈАТА

Некој мудар рекол дека мотивација е да не ги слушаш сопствените стравови, туку своите надежи и соништа. Да не размислуваш за своите фрустрации, туку за нереализираните потенцијали. Дека не треба да те определува тоа во што не си успеал, туку што сè уште можеш да го направиш. Прочитајте што имаат кажано славните луѓе за мотивацијата.

Мојата најголема мотивација? Да се предизвикувам себеси секој ден. Животот го гледам како едно долго универзитетско образование што никогаш не сум го имал – секој ден учам нешто ново.

И да мислиш дека можеш, и да мислиш дека не можеш – во право си.

РИЧАРД БРЕНСОН основач на Virgin Group

ХЕНРИ ФОРД

основач на Ford Motor Company

Кога ќе бидам стар и пред умирање, сакам да се свртам назад и да речам ‘тоа беше вистинска авантура’, а не си живеев мирно и сигурно’

Кога ќе ти дојде идеја на која едноставно не можеш да престанеш да мислиш, веројатно е вредна за реализирање.

ЏОШ ЏЕЈМС

ко-основач на Omniture и Domo

ТОМ ПРЕСТОН – ВЕРНЕР ко-основач на Github

Ризикувај повеќе одошто другите мислат дека е безбедно. Сонувај повеќе одошто другите мислат дека е практично.

На крајот на денот, визија без способност да се реализира, веројатно е само халуцинација.

ХАУАРД ШУЛЦ прв човек на Starbucks

СТИВ КЕЈС

ко-основач на AOL



www.kapital.mk

Капитал број 913 28.04.2017

50

ЛИДЕРИ

ТРЕВИС КАЛАНИК КО-ОСНОВАЧ НА UBER

БОРЕТЕ СЕ ЗА ТОА ВО ШТО ВЕРУВАТЕ

В

Во времето кога се појави UBER беше само мал стартап со име UberCab. Денес Uber е глобална компанија која вреди 50 милијарди долари. На чело на компанијата е Тревис Каланик, за многумина контроверзен директор и коосновач. Целиот свој успех на Каланик,

Кога работите тотално легaлно и власта ви кажува дека мора да ја затворите компанијата имате две работи кои може да ги направите. Или ќе слушате што ќе ви се каже или ќе се борите за тоа во што верувате.

На крајот на денот морате да направите нешто што луѓето го сакаат. Мора да најдете начин да го произведувате тоа и да го дистрибуирате.

Застанете зад вашите принципи и нека не ви биде незгодно да се спротивставите.

Не е само да направите нешто за да ја изградите вашата земја. Сега е време кога иновациите одат глобално.

може да се препише на немилосрдност, натпреварувачки дух и неговата неподготвеност да преговара. Еве некои негови изјави кои го отсликуваат неговиот начин на размислување со кој успеа да изгради една од најголемите компании.

Што и правите, мора да уживате во тоа.

Никогаш нема да бидете добар претприемач ако се задоволувате откако ќе решите еден проблем. Секогаш постојат поголеми предизвици.

Нашата крајна цел е да ги симнеме трошоците за користење на Uber под трошоците за поседување на автомобил.

Секој оној кој ја следи толпата, никогаш не стига на чело на толпата.




Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.