914 kapital magazin

Page 1

EXCLUSIVE

КАПИТАЛ АНАЛИЗА КАКО СЕ ТРОШЕА МАКЕДОНСКИТЕ БУЏЕТИ ВО ИЗМИНАТИТЕ 10 ГОДИНИ?

ИНТЕРВЈУ: ЃЕРЃ КОНРАД ПИСАТЕЛ РЕВОЛУЦИЈАТА МОЖЕ ДА ЈА СИМНЕ, НО САМО ОБРАЗОВАНИЕТО МОЖЕ ДА ЈА ПОРАЗИ ЛОШАТА ВЛАСТ!

Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

WWW.KAPITAL.MK

COVER STORY

МАКЕДОНИЈА ПО НАСИЛСТВАТА ВО СОБРАНИЕ И ПОСЕТАТА НА ХОЈТ ЈИ

СИТЕ ВЕТИЈА МИРЕН ТРАНСФЕР НА ВЛАСТА. СЕ ЧЕКА НОВА ВЛАДА! KNOW HOW ОД ПРВА РАКА

КАКО ИЗРАЕЛ СТАНА СТАРТАП НАЦИЈА? БРОЈ 914 | ЦЕНА 100 ДЕН. 3 МАЈ 2017 | ПЕТОК | ГОДИНА 18

СВЕТ: 100 ДЕНА ТРАМП НА ЧЕЛО НА САД



3

Капитал број 914 05.05.2017

СОДРЖИНА

14 04 06 08 14

ВО ФОКУС

Битката помеѓу Емануел Макрон и Мари Ле Пен ја одлучува иднината на ЕУ

32 23

НАВИГАТОР

Граѓаните со приходи над милион денари не треба да плаќаат ДДВ

24

COVER STORY

Македонија по насилствата во Собранието и посетата на Хојт Ји Сите ветија мирен трансфер на власта. Се чека нова влада!

АНАЛИЗА

Како се трошеа буџетските пари во изминатите 10 години?

32

PR

И ОВАА ГОДИНА - МУДРО И СИГУРНО... ДО ЦЕЛТА! Општествената одговорност дел од нашата корпоративната филозофија

44 40

INTERVIEW АЛЕКСЕЈ ВАЛУНЕТС

експерт на IFC за корпоративно управување

Доброто управување со семејните бизниси секогаш се исплати

STARTUP

44

СВЕТ

ЛУЃЕ И КОМПАНИИ

INTERVIEW

48 50

Научивме од прва рака Како Израел стана стартап нација ЃЕРЃ КОНРАД писател

Револуцијата може да ја симне, но само образованието може да ја порази лошата власт!

Доналд Трамп 100 дена на чело на САД Рекоа за... проблемите

ЛИДЕРИ ЏИМИ ВЕЈЛС

основач на Wikipedia

Во време на лажните вести, вистинските факти ни требаат како никогаш досега!

МИРЕН ТРАНСФЕР

25 МИЛИЈАРДИ ПРИЧИНИ

СТАРТАП НАЦИЈА

Сигналите се, особено по посетата на Хојт Ји, дека може да има мирен трансфер на власта, проследен со превенирано демократско опонирање на мотивираните против промените. Но, собирот на пратениците на ВМРОДПМНЕ во кабинетот на претседателот на Собра-нието не е во согласност со уверувањата за мирен трансфер, со кои од Скопје замина Ји, освен ако не се третираат како прешироко сфаќање на тоа што значи демократско опонирање, што од своја страна претставува ризик дека и одредени граѓани прешироко ќе ја сфатат препораката од ВМРО-ДПМНЕ револтот да го изразуваат „достоинствено и демократски“.

Во последните десет години, властите потрошиле вкупно 25 милијарди евра народни пари, но само 1,2 милијарди евра се инвестирале во градежни објекти. За плати на администрацијата, пак, потрошиле три пати повеќе. Поразително е што дури ниту овие 1,2 милијарди евра, односно 4,8% од вкупно потрошените пари не се намениле целосно за развојни проекти. Се проценува дека половина од парите завршиле за изградба на зградите, фасадите, спомениците, плоштадите и сите други објекти од проектот Скопје 2014 кој што според последните пресметки од базата на податоци на БИРН, чини 670 милиони евра.

Осум и пол милиони луѓе населени на едвај дваесетина илјади квадратни километри – Израел е мала земја, сместена во пустина, практично без природни ресурси, заокружена од сите страни со непријателски држави, постојано на штрек заради безбедносните ризици. Во ваков амбиент, Израел е дом на 3000 активни стартапи, 300 истражувачки центри на мултинационални компании – Microsoft, Google, IBM, Samsung, Oracle, Dell, Siemens, Visa, PayPal…нема кој не е таму – потоа 100 и кусур венчр фондови, 200 и кусур акцелератори, а секоја година се случуваат аквизиции на технолошките стартапи што вредат и по неколку милијарди долари.

XX Стр. 8

XX Стр. 14

XX Стр. 24

Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје l Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31 l П. ФАХ 503, 1000 Скопје l Директор и одговорен уредник: Љупчо Зиков l Печати: Графички центар Скопје, ул. Скупи бб, 1000 Скопје l Тираж: 3.000 примероци l Датум на печатење: 04.05.2017


www.kapital.mk

Капитал број 914 05.05.2017

4

ВО ФОКУС

КЛУЧНИ ИЗБОРИ

БИТКАТА ЕМАНУЕЛ М МАРИ ЛЕ ПЕН Ј ИДНИНАТ

M

Мари Ле Пен и Емануел Макрон се двајцата кандидати за претседател на Франција кои ќе се соочат на изборите кои се одржуваат во недела на 7 мај, на кои според многумина ќе ја одлучуваат иднината на Европската Унија (ЕУ). Анкетите направени веднаш по жестокиот телевизиски дуел помеѓу Ле Пен и Макрон, кој се одржа во средата навечер, а кој беше пренесуван во живо од двете национални телевизии, покажува дека поголемиот број на Французи предност му даваат на Макрон. Според истражувањата на jавното мислење, независниот центрист Емануел Макрон на дуелот бил поубедлив од противкандидатката Мари Ле Пен, претставник на крајната десница во клучниот телевизиски дуел, кој е одлучувачки за изборите во недела. Околу 63% од лицата кои учествувале во анкетата сметаат дека проевропскиот поранешен министер за економија бил поуверлив во дебатата од лидерката на Националниот фронт. Марин Ле Пен, антиевропејката и противничка на доселувањето во Франција се претстави како „кандидатка на народот“, „на нацијата“, „заштитничка на работните

места, на безбедноста, на границите“, „од исламскиот фундаментализам“ - сè спротивно од Макрон, „миленикот на системот и на елитите“. Таа, кандидатката на возраст од 48 години, со иронична насмевка го провоцираше поранешниот министер за економија „под команда на Франсоа Оланд“, потсетувајќи го на неговото учество во многу непопуларната Влада на претседателот во заминување. Центристичкиот 39-годишен кандидат и одговори дека „тоа што вие го донесувате е дух на поразот“. Со Ле Пен „ќе го напуштиме еврото, Европа“, нагласи Макрон, додека според анкетите повеќето Французи се непријателски расположени кон можноста за напуштање на единствената валута на Европската унија. „Силата на Франција е во тоа што секаде зрачи“, се негови зборови. „Вашата стратегија е да им кажувате на Французите куп лаги“, ја нападна Макрон ривалката, зашто Ле Пен последниве денови најмногу говореше за европски теми. „Вие сте наследничка на системот што со децении вирее на гневот на Французите“. Ле Пен во текот на жестоката дебата го обвини Макрон дека е премногу благ кон исламскиот екстремизам и го нарече кандидат на елитата. “Мораме да ја искорениме исламската идеологија”, порача Ле Пен, која предложила и еден куп мерки како би се спречиле евентуални нови терористички напади во Франција, меѓу кои протерување на сите странци кои имаат полициски досие и укинување на француското државјанство на лицата кои имаат уште едно државјанство. Нивниот последен ТВ-дуел почна во

МАКРОН: ВНЕСУВАТЕ ГРАЃАНСКА ВОЈНА ВО ФРАНЦИЈА


www.kapital.mk

Капитал број 914 05.05.2017

5

И ВО ФРАНЦИЈА

А ПОМЕЃУ МАКРОН И ЈА ОДЛУЧУВА АТА НА ЕУ приличен неред, со двајца кандидати што се прекинуваа еден со друг и се враќаа на деталите за економските прашања, поради што новинарите што прашуваа бараа да „одат понатаму“ за дебатата да има слисла. Говорот на Емануел Макрон, либералот во поглед на економијата и општеството, силно е насочен кон градската младина, средната класа и бизис заедницата. А говорот на Марин Ле Пен против имигрантите, против Европа и против системот, наменет беше да ја „маѓепса“ работничката класа, населението во селата, „невидливите“ и останатите Французи кои се жртви на невработеноста. Напнатоста меѓу овие двајца кандидати за Елисејската палата беше опиплива, преку нападите на програмата, но и на личноста на ривалот. Макрон ја критикуваше Ле Пен, „наследничката на партијата на екстремната француска десница“, нејзината „логореја“ и немањето „префинетост“. Екстремната десничарка Марин Ле Пен го обвини проевропскиот центрист Макрон дека „има разбирање за исламскиот тероризам“, бидејќи „безбедноста и тероризмот што претставуваат голем проблем се

целосно отсутни од вашиот проект“. „Немате план, но и покрај тоа имате разбирање за исламскиот фундаментализам“, изјави Ле Пен. Макрон за возврат ја обвини дека „внесува граѓанска војна во земјата“. „Внесувате граѓанска војна во земјата(...) борбата против терористите на никаков начин не смее да падне во замката на граѓанска војна“, изјави тој, додавајќи дека тоа е замка што им ја „припишуваме на терористите“. После десет дена кампања водена на острицата на мечот извлечен меѓу двата круга на претседателските избори, Макрон и натаму води на анкетите, со околу 60% од гласовите, но изгледа дека разликата се намалува, додека апстиненцијата се очекува да варира меѓу 22 и 28% во недела. Неуспехот на антилибералниот левичар Жан Лук Меланшон и на конзервативецот Франсоа Фијон во првиот круг, остави горчлив вкус во устата на масата гласачи кои одбиваат да избираат меѓу „чума и колера“. Телевизиската дебата два дена пред изборниот молк беше врвот на претседателската кампања во Франција, каде, зад програмите, личностите дојдоа на светлината на денот. nnn

Анкетите направени веднаш по жестокиот и одлучувачки телевизиски дуел помеѓу Ле Пен и Макрон, кој се одржа во средата навечер, а кој беше пренесуван во живо од двете национални телевизии, покажува дека поголемиот број на Французи предност му даваат на Макрон.

ЛЕ ПЕН: МОРАМЕ ДА ЈА ИСКОРЕНИМЕ ИСЛАМСКАТА ИДЕОЛОГИЈА


www.kapital.mk

Капитал број 914 05.05.2017

6

НАВИГАТОР ИЗЈАВА НА НЕДЕЛАТА

> БРОЈКА

1,5%

е помало индустриското производство во првите три месеци годинава

„ДОМОТ МИ Е ТАМУ“ НАЈНОВА КА Нема да платиме произволна сметка од 100 милијарди евра за Брегзит.

ДЕЈВИД ДЕЈВИС

британски министер задолжен за повлекување на земјата од ЕУ

К

омерцијална банка започнува со нова кампања во рамки на продолжувањето на промотивниот период, во кој кредитот за купување или изградба на недвижен имот со евро клаузула се одобрува без надомест за аплицирање и администрирање и без трошоци за процена на вредноста на хипотеката. Кампањата е со слоган „Домот ми е таму“ и ќе се спроведе преку објави на

ПРАВНИЦИТЕ СО АРГУМЕНТИ ПРОТИВ

ГРАЃАНИТЕ СО ПРИХОДИ ДЕНАРИ НЕ ТРЕБА ДА ПЛ

Д

Дали е оправдано и физичките лица што вршат стопанска дејност да бидат обврзници за плаќање на ДДВ, дали ова претставува двојно оданочување и зошто со измените на даночната регулатива беше намален прагот за регистрација од два на еден милиони денари – на овие прашања дебатираа професори од Правниот факултет на научна конференција во средата.

Професорката Весна Пендовска истакна дека даночното право е дел од корпусот на економските права и дека секогаш при измените на даночната регулатива мора да се почитуваат даночните начела, а тоа е начелото на јасност и транспарентност. „Почетна слабост на овие измени е отсуството на јавна расправа преку која секој, како од теоријата, така и од практиката, ќе го кажеше својот став. Поаѓајќи од заклучоците на таа јавна расправа и изнесените ставови, и ќе се излезеше со компромисно решение“,

истакна Пендовска. Професорката Александра Максимовска нагласи дека почетната идеја за воведување на ДДВ била добра и се вовела и спровела во согласност со современата и европската регулатива. Но, според неа, ваквото воведување на ДДВ може да се каже дека се спроведе според правното и економското сфаќање дека кога се мисли на ДДВ се мисли на компании а не на физичките лица. Ваквата измена, според неа, значи отстапка од шестата ДДВ - директива


www.kapital.mk

Капитал број 914 05.05.2017

мисла на неделата

АМПАЊА НА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА телевизија, радио и интернет портали. „Во промотивниот период до 31.12.2017 година, за сите новоодобрени станбените кредити со ЕУР клаузула, надоместот за одобрување и администрирање на кредитот и трошокот за процена ќе изнесува 0 денари. За одобрени станбени кредити наменети за рефинансирање на постоечки станбени кредити во Комерцијална банка, ќе се пресметува и наплатува надомест согласно актите на Банката“, соопштуваат од Комерцијална банка.

Не може да имате здраво општество без здрави компании што прават профит, вработуваат луѓе и растат.

Мајкл Портер американски економист

7 > БРОЈКА

2,8%

е помало производството во преработувачката индустрија во првите три месеци

лидери

И НАД МИЛИОН ЛАЌААТ ДДВ Професорите од Правниот факултет предупредија дека со законските измени за ДДВ, во однос на физичките лица како даночни обврзници, се воведува правна несигурност, со што се нарушува еден од најзначајните принципи на правниот систем, но и се воведува ретроактивност која е забранета во член 52 од Уставот на Република Македонија. според која се правени сите други ДДВ закони и на членките на ЕУ и на аспирантите за членство во ЕУ бидејќи, првенствено, се мешаат поимите на приход и промет. Во врска со намалувањето на прагот на регистрација за даночни обврзници од два милиони на еден милион денари беше истакнато дека со ваквото решение физичките лица кои оствариле дополнителни приходи кои надминале еден милион денари по автоматизам стануваат ДДВ обврзници, односно се подложни на плаќање на оваа законска обврска. „Највпечатлива е промената на прагот на регистрација кој е симнат од два на еден милион денари што значи дека поголем број физички лица кои претходно не биле, сега ќе бидат опфатени како ДДВ обврзници во поглед на закупнините што ги остваруваат како приходи при издавање на простор за вршење на деловна дејност“, истакна Максимовска. Таа предупреди дека со законските измени за ДДВ, во однос на физичките лица како даночни обврзници, се воведува правна несигурност, со што се нарушува еден од најзначајните принципи на правниот систем, но и се воведува ретроактивност која е забранета во член 52 од Уставот на

Република Македонија. Максимовска додаде дека законските измени во однос на ДДВ биле донесени во „тишина“. Не може, нагласи професорката, за вакво значајно прашање регулатива да се носи без расправа. Ова прашање директно ги тангира граѓаните и на крајот никако не смее да се заборави дека и секој данок има скриени трошоци. Професорот Александар Стојков на научната конференција истакна дека непрецизноста на новите норми, воведувањето нова практика која е неконзистентна со даночната практика, нарушувањето на правна сигурност, создавањето револт кај даночните обврзници и напуштањето на принципот ДДВ како општ данок и различниот третман на лицата со иста даночна способност, прикриена даночна прогресија, се дел од аргументите против новата регулатива. Мојата порака до УЈП, нагласи професорот, е да ја реобмисли ваквата практика. Професорот Јован Зафировски предупреди дека новите измени на регулативата за ДДВ, во однос на физичките лица како даночни обврзници, низ практиката ќе пројават скриени трошоци и ќе бидат мотив за даночна евазија и поттик за сивата економија. nnn

ЕМАНУЕЛ МАКРОН

според анкетите уверливо (со скоро 60%) ќе победи на изборите во Франција во недела

МАТИЈАС МИЛЕР

добивката на Volkswagen рипна за 44% во првиот квартал, на 3,4 милијарди евра

не им беше неделата

БОХУСЛАВ СОБОТКА

чешкиот премиер најави оставка поради конфликт со министерот за финансии

КРАМЕР БОЛ

најголемата италијанска авиокомпанија Alitalia отиде во стечај за да избегне банкрот


COVER STORY МАКЕДОНИЈА ПО НАСИЛСТВ 8 COVER STORY И ПОСЕТАТА НА ХОЈТ ЈИ ВО СОБРАНИЕТО Капитал број 914 05.05.2017

www.kapital.mk

СИТЕ ВЕТИЈА МИРЕН ТРАНСФЕР НА ВЛАСТА. СЕ ЧЕКА НОВА ВЛАДА!


ВАТА

www.kapital.mk

Капитал број 914 05.05.2017

9


www.kapital.mk

Капитал број 914 05.05.2017

10

COVER STORY

пишува:

Максим Ристески

С

maksim.risteski@kapital.mk

Се чини дека брзото и беспоговорно легитимирање на Талат Џафери како претседател на македонскиот Парламент од страна на Европската унија и на САД, најави како ќе се одвиваат настаните понатаму кон ставањето крај на политичката криза. Насоките јасно ги даде заменик-помошникот државен секретар на САД за Европа и за Евроазија, Хојт Брајан Ји, по дводневните средби што во Скопје, а по инцидентите во Парламентот, ги имаше со лидерите на парламентарните партии, со претседателот на Собранието, Талат Џафери, и со претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов. „Потребно е политичките лидери, граѓанското општество и граѓаните да работат заедно во духот на соработката со цел да се залечат раните, не само оние што произлегоа од настаните во четвртокот во Парламентот, туку и оние од политичките недоразбирања што траат предолго. Единствен начин тоа да се постигне е да се формира влада која ќе биде посветена на реформите што ќе ја доближат земјата до евроинтеграциите“, изјави Ји по средбите во Скопје. Конкретно за изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието, американскиот дипломат рече дека САД, како и ЕУ, НАТО и Берлин ќе соработуваат со него. „Ние не сме единствената земја што верува дека на Џафери треба да му се даде можност да демонстрира лидерство и да ги преземе неопходните чекори за формирање на новата влада, новата владина програма, со што земјата ќе се придвижи напред“, рече Ји. Тој одговори и на прашањето дали од своите соговорници во Скопје добил гаранции за мирен трансфер на власта, при што рече дека лидерите го увериле оти се посветени на мирен трансфер на власта, на демократска и на унитарна држава. Но, наспроти ова, ден по заминувањето на американскиот дипломат, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ го запоседнаа кабинетот на претседателот на Собранието (новиот спикер Талат Џафери, сепак, веќе следниот ден мирно влезе во својот кабинет и ја имаше првата официјална средба со евроамбасадорот Семуел Жбогар), а од работната маса со состанокот по

Сигналите се, особено по посетата на Хојт Ји, дека може да има мирен трансфер на власта, проследен со превенирано демократско опонирање на мотивираните против промените. Но, собирот на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во кабинетот на претседателот на Собранието не е во согласност со уверувањата за мирен трансфер, со кои од Скопје замина Ји, освен ако не се третираат како прешироко сфаќање на тоа што значи демократско опонирање, што од своја страна претставува ризик дека и одредени граѓани прешироко ќе ја сфатат препораката од ВМРО-ДПМНЕ револтот да го изразуваат „достоинствено и демократски“

поводот, покрај досегашниот претседавач на Парламентот, Трајко Вељаноски, заседаваше и лично претседателот на партијата, Никола Груевски. Истиот ден утрото (вторник, 2 мај), ВМРО-ДПМНЕ излезе со соопштение дека лидерот на СДСМ, Зоран Заев, „што ги погази Уставот, Деловникот и законите“, „од една страна постојано го игнорира и омаловажува барањето на народот, а од друга страна постојано со своите недемократски, незаконски и антидржавни потези го провоцира“. Партијата на крајот на ова соопштение порачува дека „граѓаните имаат право на изразување на револт и тоа да го прават достоинствено и демократски“: „Тоа е најсилната одбрана од оваа антидржавна структура во СДС. Македонија

е на нозе! Народот се буди!“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Овие потези на ВМРО-ДПМНЕ, секако, не се во согласност со уверувањата за

ЗАЕВ: ГРУЕВСКИ ОВА ШТО ГО ПРАВИ, ГО ПРАВИ ЗА ДА СЕ ПАЗАРИ ЗА АМНЕСТИЈА


www.kapital.mk

Капитал број 914 05.05.2017

11 мирен трансфер на власта, со кои од Скопје замина Хојт Ји. Освен ако не се третираат како прешироко сфаќање на тоа што значи демократско опонирање, што од своја страна претставува ризик дека и одредени граѓани прешироко ќе ја сфатат препораката од ВМРО-ДПМНЕ револтот да го изразуваат „достоинствено и демократски“. Оттука, има сценарио во кое се очекува претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов, да му го даде мандатот на Заев во што пократок рок во рамките од десетте дена откако официјално ќе биде информиран од страна на собранискиот спикер Џафери дека е формирано парламентарно мнозинство. Ова сценарио поаѓа од сигналите што Иванов ги даде во изјавата по средбата со Хојт Ји, а во која е забележливо дека претседателот кој претходно ја критикуваше како неконструктивна улогата на меѓународниот фактор, сега побара од САД, „како стратешки партнери на Република Македонија, да помогнат за пречките да се отстранат и да се овозможи парламентарното мнозинство да го добие мандатот“. Иванов рече дека правната и политичката пречка за определување на мандат за состав на влада се надминливи, и

О ИСМЕТ РАМАДАНИ претседател на ЕАСМ

чекувам да се формира владата, при што можеби ќе има некои протести, мирни, во рамките на нормалното, зашто полицијата ќе биде поспремна да ги заштити институциите, Парламентот; она што значи ред и мир во целата ситуација.

побара од лидерот на СДСМ да го исполни јавно искажаниот збор дека „заедно со коалиционите партнери ќе дојдат и ќе обезбедат гаранции за зајакнување на унитарноста на државата, и дека сè ќе биде во согласност со Уставот на Република Македонија“. Во овие делови од изјавата на Иванов некои аналитичари препознаа дека тој на средбата со Ји се согласил веќе да не го кочи демократскиот процес, и оти поба-рал конкретна американска поддршка за целта, при што средбата со Заев би била своевиден мост меѓу претходните и сегашните, инаку

О

чекувам во наредните десетина дена Иванов, да го даде мандатот и да се „посипе со пепел“, зашто досега немаше никаква основа да го кочи одвивањето ЈОВЕ на демократските КЕКЕНОВСКИ процеси – за сето професор ова и тој сноси одговорност. неспоиви позиции на претседателот. Песимистичкото, пак, сценарио, би подразбирало Иванов сепак да не го даде мандатот; парламентарното мнозинство одново во тензична атмосфера да го спроведе процесот до изборот на владата; а надвор на улиците да има пречекорување на демократското во изразувањето револт од страна на поединци мотивирани против трансферот на власта. На опасностите од ваквото сценарио предупреди еврокомесарот Јоханес Хан, кој откако во интервју за австриски Стандард изјави дека „во Парламентот беа нападнати


www.kapital.mk

Капитал број 914 05.05.2017

12

COVER STORY

оние кои се залагаат за европскиот процес“, дополни оти „ќе биде неправедно сега да кажеме дека со тоа заврши перспективата за придружување кон ЕУ, но доколку нешто слично се повтори, тогаш со тоа ќе биде загрозена европската перспектива". И европратениците Едуард Кукан, Кнут Флекенштајн и Иво Вајгл, известувачите на Европскиот парламент за спроведување на Договорот од Пржино, го повикаа претседателот Иванов „да ја почитува волјата на мнозинството во Парламентот и да престане со опструкциите на демократскиот пат и волјата на граѓаните да го видат крајот на кризата“, зашто „секое понатамошно одлагање на формирањето на новата влада ќе води кон неизбежни последици“. Холандскиот амбасадор Ваутер Пломп, откако оцени дека е позитивно што Парламентот успеа да се конституира, како и да се избере спикер кој е јасно признаен од страна на ЕУ и САД, рече дека „следниот чекор би требало да биде формирање на нова влада – што поскоро, тоа подобро, за земјата да може да тргне нанапред. Секое поинакво сценарио нема да биде полезно за Македонија, а особено за македонските граѓани“.

Аналитичари: Иванов ќе го даде мандатот

Според аналитичарите кои ги консултиравме малку веројатно е второто, песимистичкото сценарио за развој на ситуацијата.

Претседателот на Евро-атлантскиот совет на Македонија, Исмет Рамадани, смета дека состојбите се битно изменети во однос на давањето на мандатот. „Мислам дека Иванов ќе го додели мандатот, а ќе му биде алиби и тоа дека Американците ќе помогнат, што значи ќе следува средба со Зоран Заев, за Иванов да го оправда некако тоа што го правеше досега. Најверојатно во неговата потсвест проработило тоа дека и тој е виновен за сето ова што се случи во Собранието“, вели Рамадани. Тој смета дека ВМРО-ДПМНЕ со последните случувања, „со нападите на пратениците, со хулиганството, тешко ќе може да се реорганизира и да дојде при себе како партија“. „А тие од толпата што влезе во Собранието, кои се најмилитантни, подготвени да прават нереди; дел од нив ќе бидат притворени, дел ќе избегаат; а тука е и притисокот што доаѓа од меѓународниот фактор за да имаме мирен трансфер на власта, особено по посетата на Хојт Ји“, вели претседателот на Евро-атлантскиот совет на Македонија. „Можеби ќе има уште обиди да се спречи трансферот на власта, односно формирањето на владата, но најверојатно тој адут го загуби ВМРО-ДПМНЕ. Очекувам да се формира владата, при што можеби ќе има некои протести, мирни, во рамките на нормалното, зашто полицијата ќе биде поспремна да ги заштити институциите, Парламентот; она што значи ред и мир во

целата ситуација“, вели Рамадани. Според него „ова е дефинитивно последен „трзај“ на Никола Груевски, кој ќе се помири со фактот дека ќе мора да оди во опозиција, и да продолжи процесот што е веќе почнат за одговорноста за сето она што значи криминал и корупција, односно, враќање на правната држава, на демократските процеси и на евроатланските интеграции“. И професорот Јове Кекеновски смета дека Заев ќе го добие мандатот од Иванов за формирање влада, по што ќе следи процес на консолидација на институциите и на враќање на владеењето на правото. „Дефинитивно после грдото вистинско лице што си го покажа врхушката на партијата во заминување; после тоа злосторство што го направија во Собранието на Македонија, а индициите велат дека тие се организаторите; тие мора да заминат од политичката сцена и да одговараат“, вели Кекековски. Тој очекува во наредните десетина дена претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов, да го даде мандатот „и да се „посипе со пепел“, зашто досега немаше никаква основа да го кочи одвивањето на демократските процеси – за сето ова и тој сноси одговорност“. Понатаму, професорот очекува да се доконституира Собранието, односно, да се изберат потпретседатели; потоа да се избере влада; па, јавен обвинител, „и понатаму да си оди сè како што е редот“.

nnn


НЛБ мПроклик – мобилно банкарство за правни лица

Секогаш повеќе за Вашиот бизнис! Новата НЛБ мПроклик апликација за мобилно банкарство за правни лица Ви овозможува едноставен пристап и постојан увид на состојбата и прометот на Вашите сметки и бизнис картички. Со НЛБ мПроклик можете да ги реализирате сите банкарски трансакции само со еден клик – директно преку Вашиот мобилен телефон.

www.nlb.mk www.nlbtb.mk

Контакт центар: 02 / 15 600


Капитал број 914 05.05.2017

14

www.kapital.mk

АНАЛИЗА

КАКО СЕ ТРОШЕА БУЏЕТСКИТЕ ПАРИ ВО И

ЗА ДЕСЕТ ГОДИНИ ПОТРОШЕНИ МИЛИЈАРДИ ЕВРА, САМО 5% ЗА ИНФРАСТРУКТУРА

25

Во последните десет години, властите потрошиле вкупно 25 милијарди евра народни пари, но само 1,2 милијарди евра се инвестирале во градежни објекти. За плати на администрацијата, пак, потрошиле три пати повеќе. Поразително е што дури ниту овие 1,2 милијарди евра, односно 4,8% од вкупно потрошените пари не се намениле целосно за развојни проекти. Се проценува дека половина од парите завршиле за изградба на зградите, фасадите, спомениците, плоштадите и сите други објекти од проектот Скопје 2014 кој што според последните пресметки од базата на податоци на

БИРН, чини 670 милиони евра. Овие податоци што покажуваат како се трошело секое евро што власта го собирала од граѓаните од даноци и придонеси, или пак го позајмила со издавање еврообврзници или преку кредити, го карактеризираат државниот буџет како доминантно социјален, бидејќи 90% од сите пари се потрошиле за тековни, односно непродуктивни цели. Експертите велат дека властите мора да направат реформа на државниот буџет, што ќе вклучи кратење на тековните трошоци и за сметка на тоа ќе се зголемат јавните инвестиции.

ФАКТ: САМО ИЗГРАДБАТА НА СИТЕ ОБЈЕКТИ ОД ПРОЕК


www.kapital.mk

Капитал број 914 05.05.2017

15

КТОТ СКОПЈЕ 2014 ЧИНИ 670 МИЛИОНИ ЕВРА

Леонардо Ди Каприо во филмот “ Волкот од Вол Стрит“

ИЗМИНАТИТЕ 10 ГОДИНИ?


www.kapital.mk

Капитал број 914 05.05.2017

16

АНАЛИЗА

6,5% 5,5%

ПОРАСТ НА БДП

3,8% 1,8%

2007

2008

2009

-0,4% пишува:

Александар Јанев

В

aleksandar.janev@kapital.mk

Во последните десет години, властите потрошиле вкупно 25 милијарди евра народни пари, но само 1,2 милијарди евра се инвестирале во градежни објекти. Во, властите последните десет години инвестирале вкупно 1,2 милијарди евра. Анализата на завршните сметки на буџетите од 2007 до 2015 година и податоците за извршување на буџетот за 2016 година, покажува дека сумата за изградба на патишта, железнички пруги, училишта, но и објектите од проектот Скопје 2014 е само 4,8% од вкупно потрошените пари. По одделни години, најмногу пари во градежни објекти државата инвестирала во 2015 година, вкупно 176,4 милиони евра, а најмалку во 2007 година кога се инвестирале 78,5 милиони евра. Поразително е што дури ниту овие 1,2 милијарди евра не се потрошиле целосно за развојни проекти. Се проценува дека половина од парите завршиле за изградба на зградите, фасадите, спомениците, плоштадите и сите други објекти од проектот Скопје 2014 кој што според последните пресметки од базата на податоци на БИРН, чини 670 милиони евра.

2010

2,7%

2,3%

2011

2012

2013

-0,5% Универзитетски професор чија специјалност е токму инвестиционата политика, Методија Несторовски, објаснува дека постои заблуда дека сите пари наменети за капитални инвестиции во буџетот имаат развоен ефект. „Под капитални инвестиции во буџетот се книжат и купувањето на возила или мебел, коишто се всушност само еднократен трошок без никаков економски ефект. Единствено вложувањето во градежни објекти може да обезбеди развој на долг рок, но важно е и какви објекти се градат, дали патишта или железници или пак објекти како што беа од проектот Скопје 2014“, вели Несторовски. Тој вели дека дури и да се анализираат само градежните објекти што се реализираа последните десет години, во кои што доминираат зградите, плоштадите и спомениците од проектот Скопје 2014, тоа се исто така изгубени пари од економски аспект затоа што овие објекти не се основа за пораст на економијата на долг рок. „Овие инвестиции имаат ефект врз порастот на економијата само во моментот додека се реализираат преку интензивирање на градежните активности. Градежните компании ги собрале парите, прикажале профити и тоа се квантифицирало во зголемување на бруто домашниот производ (БДП). Тоа е единствениот ефект за економијата“ вели Несторовски. Тој појаснува дека кога се вложува во автопати, железница или други инфраструктурни проекти „се создаваат услови на долг рок бизнисите да ги намалуваат трошоците на работење, на пример преку заштеда на гориво, време за транспорт, и за сметка на тоа тие ќе работат со поголеми добивки, ќе

3,7% 2,4%

2014 2015 2016 Извор: Државен завод за статистика

отвораат нови работни места па дури и ќе го шират бизнисот“. Вкупните капитални инвестиции, пак, во кои што освен градежните објекти што опфаќаат 44,6% од оваа ставка, се вкалкулирани и парите потрошени за купување опрема и машини, мебел, возила, капитални дотации до општините, во последните десет години изнесуваат речиси 2,7 милијарди евра. За споредба, во истиот период, за плати на јавната администрација се потрошиле речиси 3,8 милијарди евра, а за пензии, над 5,8 милијарди евра. Интересно е што ниту една година во последните десет, властите не успеале да ги реализираат планираните инвестиции. Иако биле испланирани 3,4 милијарди евра, сепак, реализацијата не надминува 80%. Освен тоа, анализата покажува дека властите не успеале ниту една година реално да ги проектираат вкупните приходи и расходи, па така секогаш реализираните суми отстапуваат од планираните, а во некои години, потфрлањето во полнењето на државната каса доведе и до неколку ребаланси. Ревидирањето на јавните трошења, пак, се правело според вообичаената формула - одземи од капиталните инвестиции, додади за плати, пензии и набавка на стоки и услуги. Овие податоци што покажуваат како се трошело секое едно евро што власта го собирала од граѓаните од даноци и придонеси, или пак го позајмила со издавање еврообврзници или преку кредити, го карактеризираат државниот буџет како доминантно социјален, бидејќи 90% од сите пари се потрошиле за тековни, односно непродуктивни цели. Професорот Несторовски кој што му беше

ОД 2007 ДО 2016: ЗА ПЕНЗИИ ПОТРОШЕНИ НАД 5,8 МИЛИЈАРДИ ЕВРА



www.kapital.mk

Капитал број 914 05.05.2017

18

АНАЛИЗА Вкупни

Капитални

Градежни и

расходи

инвестиции (евра)

други градежни објекти (евра)

2007

1.909.837.398

209.906.907

78.486.420

2008

2.279.983.740

323.612.739

126.785.186

2009

2.266.552.846

218.171.841

99.507.717

2010

2.320.195.122

249.845.805

127.035.992

2011

2.417.056.911

254.390.281

151.294.612

2012

2.533.934.959

306.798.560

154.805.534

2013

2.593.577.236

269.116.379

130.651.839

2014

2.732.715.447

286.564.500

159.831.076

2015

2.937.105.691

303.530.053

176.427.830

2016

3.016.195.121

276.000.000 Извор: Завршни сметки на буџети, Министерство за финансии

Капитални расходи (евра)

спротивставување на економските кризи“. во вкупни расходи (%) Планирано Остварено Реализација (%) Европската комисија во последниот Извештај за напредокот на 2007 255.720.844 209.906.907 82,1 11,0 земјата исто така во неколку 2008 432.778.245 323.612.739 74,8 14,2 наврати ја истакна потребата властите повеќе пари од буџетот 2009 306.556.309 218.171.841 71,2 9,6 да вложуваат во изградба на 2010 295.048.805 249.845.805 84,7 10,8 транспо-ртната инфраструктура за сметка на тековните трошоци. 2011 318.205.667 254.390.281 79,9 10,5 „Економијата има значителни 2012 373.652.829 306.798.560 82,1 12,1 потреби од инвестиции, меѓу другото 2013 334.337.046 269.116.379 80,5 10,4 и во јавната инфраструктура, што ја прави помалку конкурентна во 2014 346.356.188 286.564.500 82,7 10,5 споредба со другите“, пишува во 2015 380.247.688 303.530.053 79,8 10,3 Извештајот. Комисијата евидентира дека 2016 365.298.829 276.000.000 75,6 9,2 Националниот инвестициски комитет е основан во јуни 2015 година и негова задача е да ментор на поранешниот премиер Никола биде на власт“, потенцираше неодамна подготвува и спроведува инфраструктурни Груевски, оценувајќи ја инвестициската Драган Тевдовски од СДСМ. инвестиции, но искажа загриженост во политика на власта во последните десет поглед на неговата ефикасност. години, вели дека „учењето е едно, а ММФ и Светска банка бараат вложувања во инфраструктура „Управувањето со јавните финансии не се политиката сосема друго“. Експертите велат дека властите мора да Меѓународните финансиски институции подобри и уште повеќе се зголеми јавниот долг. направат реформа на државниот буџет, што веќе предупредија инвестициите во инфра- Потребно е подобрување на насоченоста на ќе вклучи кратење на тековните трошоци структурата да не се кратат оти се клучни јавните финансии кон раст, особено преку и за сметка на тоа ќе се зголемат јавните за земјите во развој како Македонија да целосно спроведување на испланираното создадат основа за побрз економски раст и приоритетно трошење во јавни инвестиции“, инвестиции. Партијата околу која е формирано парла- сугерираа властите да ги преструктуираат наведува Европската комисија и додава дека „постои мала транспарентност во врска со ментарно мнозинство и се очекува да ја јавните расходи. формира следната влада, СДСМ, во својата Светската банка во својот последен Редовен извршувањето на работи од голем обем програма истакна дека мора да се направат економски извештај за Западен Балкан, оцени во јавна инфраструктура преку државните радикални промени во начинот на трошење дека „пролонгирањето на изведувањето претпријатија“. на парите од буџетот, односно да се скратат на проектите поради оддолжувањето на Неспорно е дека голем дел од економскиот сите непродуктивни расходи и парите што ќе изборен циклус, ги намали капиталните раст во последните години е резултат се ослободат да се пренасочат за поголема трошења до најниско ниво од 2006 година“. токму на експанзијата во градежништвото, Во исто време, Светска банка алармира дека односно градежните компании кои што поддршка на економијата. СДСМ смета дека мора да се обезбедат „пензиите се зголемуваат во изминатите пет државата преку тендери ги ангажираше повеќе пари од буџетот за изградба години, достигнувајќи третина од севкупните да го градат проектот Скопје 2014. На на крупните инфраструктурни објекти трошоци на централната влада во 2016 пример, економскиот раст од 2,4% лани би од областа на енергетиката, патната и година“. бил преполовен доколку се одземе ефектот железничката мрежа. „Мора да постои Шефицата на Мисијата на ММФ за Македо- на градежништвото како сектор, но растот долгорочна стратегија во форма на нија, Џесмин Рахман, во своето интервју според економистите би бил и поголем консензус помеѓу политичките партии за за БИРН исто така потенцираше дека доколку спомениците и фасадите се заменеа тоа кои се најважните капитални проекти „властите треба да направат фискален со патишта, железница или хидроцентрали. што државата мора да ги реализира во простор преку ефикасност во трошењето Бизнисмените исто така посочуваат дека следните 15 – 20 години, без оглед кој ќе за вложувања во инфраструктура со цел парите што ги собираат властите од даноци, Удел на капитални

ФАКТ: ЗА ПЛАТИ НА АДМИНИСТРАЦИЈА ПОТРОШЕНИ 3,8 МИЛИЈАРДИ ЕВРА



Капитал број 914 05.05.2017

20

www.kapital.mk

АНАЛИЗА

придонеси и царини, како и тие што ги позајмуваат, мора да ги трошат попродуктивно. Извршниот директор на Стопанската комора на Северозападна Македонија, Фатмир Битиќи, оценува проектите во инфраструктурата да имаат приоритет според реалните потреби на економијата или протокот на луѓе и стоки „Иако се пропагира дека сме настроени кон економски раст и развој, ние не успеавме да имаме раст кој ќе биде на ниво од 5%-6% со кој би се “преродила” економијата. Очигледно е дека голем дел од растот на БДП се должи на градежништвото, односно фамозниот проект Скопје 2014 и некои други инфраструктурни проекти, кои реално не и помагаат на економијата на долг рок“, истакна Битиќи. Светска банка сугерира земјите во развој да инвестираат околу една четвртина од БДП (што во нашиот случај би било над 2,5 милијарди евра) во капитални проекти за да се забрза економската активност. Кај нас, ниту една Влада досега, не одвоила повеќе од 4%-5% од БДП за јавни инвестиции. Всушност, најголема сума за капитални инвестиции од 4,8% од БДП е реализирана во 2008 година, додека пак, лани е евидентирана најмал удел од само 2,8% во БДП.

Двојно поголем јавен долг

Во услови кога во последните десет години се трошело повеќе за тековни потреби, а само малку за продуктивни инвестиции или како што поранешниот министер за финансии Зоран Ставрески ја симплифицираше оваа политика во една реченица – „трошиме на чоколада а немаме за леб“, јавниот долг се зголемил двојно.

Ако во 2007 година, јавниот долг изнесувал 25,8% од БДП, на крајот на 2016 година достигна 47,8%. Или, во апсолутни бројки, од 1,57 милијарди евра, долгот за десет години е поголем за дури 3,14 милијарди евра. Економскиот ефект, пак, од оваа политика на задолжување, изразен преку економскиот раст е просечна стапка од 2,8% за десет години. ММФ изрази загриженост токму поради брзото зголемување на јавниот долг од една страна, и непродуктивното трошење на позајмените пари од друга. „Најголемиот дел од ова зголемување се должи на зголемени тековни трошења наспроти капиталните трошења кои влијаат врз зголемувањето на потенцијалниот раст на една земја. Затоа нашата загриженост е во врска со брзиот раст на јавниот долг и начинот на користење“, истакна Рахман од ММФ. Таа посочи дека не постои универзално договорен безбеден праг на задолжување за сите земји, па дури ниту за сите земји во развој. Според проценките на ММФ, прудентниот опсег на јавниот долг за економиите на земјите во развој е околу 50-60% од БДП. „За Македонија, го препорачуваме долниот праг на овој опсег имајќи го во предвид режимот на фиксен девизен курс и идните фискални обврски кои произлегуваат од стареењето на населението и потребите за инвестиции во инфраструктурата“. Со други зборови, Македонија нема веќе простор за задолжувања бидејќи земјата е на чекор да направи престап на црвената линија што ја постави ММФ. Но плановите на државата според последната Фискална стратегија усвоена кон крајот на минатата година се разликуваат од проценките на ММФ. Оваа стратегија предвидува јавниот долг годинава да се искачи до 53,1% од БДП, 54% од БДП догодина и 56% од БДП во 2019 година. nnn


НОВИОТ DISCOVERY

ЌЕ ВЕ ВТУРНЕ ВО НЕВЕРОЈАТНИ АВАНТУРИ. И ЌЕ ВЕ ИЗБАВИ ОД НИВ.

Еден од многубројните иновативни системи кај новиот Discovery e All Terrain Progress Control. Овој систем автоматски ја контролира работата на моторот и кочниците, овозможувајќи му на возилото да остане стабилно и да се движи со постојана брзина дури и при најтешки теренски услови. Единствената задача на возачот е да го управува Discovery низ околината, без разлика каде и да се наоѓа. Посетете нè и дознајте повеќе: AUTOMOBILI GROUP ул. Скупи бр. 8, Скопје тел.: 02 30 93 024 macedonia.landrover.com

Емисија на CO2: 159 – 254 g/km. Комбинирана потрошувачка на гориво: 6,0 – 10,9 l/100 km.


СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

КОРПОРАТИВНА ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ

19 МАЈ

2017

ПОВЕЌЕ ОД ТРОШОК, ПОВЕЌЕ ОД ТРЕНД! Од фамозната изјава на Милтон Фридман дека единствената општествена одговорност на компаниите е да го максимизираат профитот па сè до денешната CSR 2.0 платформа, концептот на корпоративната општествена одговорност еволуираше радикално. На крајот на денот, општествената одговорност е менаџмент концепт: колку бизнис лидерите сфаќаат дека таа ја определува одржливоста на компаниите на долг рок? Западните компании тоа го знаат и се менуваат, а во која фаза се македонските? Македонските компании при градењето на својот имиџ на општествено одговорни компании треба да ги користат и добрите, но и лошите искуства на поискусните светски компании. Стекнувањето на имиџ е долга, постепена и тешка работа која не смее да биде нападна за да не се западне во грешка, односно потенцијалните купувачи одговорното однесување да не го доживуваат како ”правдање” пред јавноста.

5 МА

201Ј 7

Во специјалниот прилог “Корпоративна општествена одговорност: Повеќе од трошок, повеќе од тренд! “ што ќе излезе на 19.05.2017, меѓу другото, анализираме на кое ниво е свесноста на бизнисите во Македонија за општествената одговорност како деловна стратегија за одржлив раст, а не само како тренд и потреба за промоција. Еве што сè ќе може да прочитате во прилогот:

l БИЗНИСИТЕ ПОМЕЃУ ОБВРСКАТА КОН АКЦИОНЕРИТЕ И ОДГОВОРНОСТА КОН ЗАЕДНИЦАТА: КАКО ДА СЕ НАЈДЕ НАЈДОБРИОТ БАЛАНС l ОДГОВОРНИ ПРАКТИКИ НА ДОМАШНИТЕ И СТРАНСКИТЕ БИЗНИСИ ВО МАКЕДОНИЈА l СОЦИЈАЛНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА: НОВ МОДЕЛ НА КОМПАНИСКА ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ l ФОРМИРАН КЛУБ НА ОДГОВОРНИ БИЗНИСИ ВО МАКЕДОНИЈА: РАЗГОВАРАВМЕ СО ВОДЕЧКИТЕ ЛУЃЕ l КАКВА Е ИДНИНАТА НА КОРПОРАТИВНАТА ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ: СВЕТСКИ УСПЕШНИ ПРАКТИКИ

Повеќе информации во врска со прилогот и за претставување во истиот можете да добиете на е-мail: marketing@kapital.com.mk l gordana.mihajlovska@kapital.mk или на телефонскиот број ++ 389 2 3298 505

ЛИЦE ЗА КОНТАКТ:

ГОРДАНА МИХАЈЛОВСКА


www.kapital.mk

Капитал број 914 05.05.2017

PR

23

И ОВАА ГОДИНА - МУДРО И СИГУРНО... ДО ЦЕЛТА!

ОПШТЕСТВЕНАТА ОДГОВОРНОСТ ДЕЛ ОД НАШАТА КОРПОРАТИВНАТА ФИЛОЗОФИЈА

С

топанска Банка а.д Битола и оваа година ја потврдува својата корпоративната филозофија – уверувањето дека можеме да бидеме успешни само кога и заедницата во која работиме е успешна. Банката преку осмислена стратегија продолжува да поддржува настани преку кои континуирано влијае на подобрувањето на квалитетот на севкупното општествено живеење. Даваме свој придонес во поддршка на настани кои Република Македонија и градот Скопје ги сместуваат на мапата на европски и светски метрополи.

И оваа година Стопанска Банка а.д. Битола е единствената Банка во Република Македонија која е официјален партнер и спонзор на Скопскиот маратон. Се радуваме што од година во година, со поддршка на општествено одговорни институции и компании, Скопскиот Маратон станува најдобар и најмасовен спортски настан во Република Македонија. Нашата поддршка на Скопскиот маратон е поддршка на спортската култура, поддршка на здравиот начин на живот. Трчањето претставува култура, начин на живеење и одлична шанса за дружење. Преку Скопскиот Маратон, Градот Скопје добива свое место на мапата на светски метрополи кои организираат маратони.. мапа на градови во кои постои градски дух и градска енергија. На Скопскиот маратон се пријавени 9.000 натпреварувачи од 50 земји. Како дел од промотивните активности на Скопскиот маратон, се женската трка и детската трка, чија цел е да се популаризира трчањето како спортска активност. Оваа година Стопанска Банка а.д. Битола обезбеди Mastercard кредитна картичка, без никакви трошоци за одобрување и администрирање на картичката и БЕЗ члeнарина ТРАЈНО за сите учеснички на Женската трка. nnn


www.kapital.mk

Капитал број 914 05.05.2017

24

STARTUP

НАУЧИВМЕ ОД ПРВА РАКА

КАКО ИЗРАЕЛ СТАНА СТАРТАП НАЦИЈА пишува:

M Игор Петровски

igor.petrovski@kapital.mk

Mobileye e израелска технолошка компанија за којашто веројатно не сте чуле, но веројатно ќе ги начулите ушите кога ќе дознаете дека се продадоа за 15 милијарди долари на гигантот Intel, во март годинава. А, зошто Intel се заинтересирал токму за нив и оценил дека Mobileye му вреди толку пари? Затоа што компанијата формирана пред 18 години во Ерусалим како дел од тамошната стартап сцена, развива напредни решенија за моторни возила што превенираат и ублажуваат последици од несреќи во сообраќајот. Оптичките системи со

алгоритми за детекција на движењата се применуваат во возилата на General Motors, BMW, Volvo, а заинтересирани се и други производители, особено оние амбицирани во развојот на автономни возила, како Tesla, Google и др. Е, токму потенцијалот на автономните возила, она што допрва треба да го смени ликот на целата автомобилска индустрија, беше главниот мотив на Intel, и самиот развивач на микропроцесори и останати технолошки решенија во ИТ секторот, да испрати понуда што основачите и сопственици на Mobileye не можеа да ја одбијат. Mobileye со оваа аквизиција всушност стана круната во израелското стартап царство, најголемата аквизиција во технолошката индустрија на земјата досега и ја отвори сезоната на продажби на израелските стартапи за оваа година, која што судејќи според висината на сумата дадена за нив, ќе биде убедливо најуспешна во стартап историјата на Израел. А, како што ни презентираа Ханан Бранд и Михаел Мизрахи, претставници на тамошната стартап индустрија на настанот одржан во

Сеавус инкубаторот пред неколку денови во Скопје, нивната земја е во светскиот врв според бројот на преземања што големи светски компании ги прават со израелски стартапи, како и според износот на зделките. “Само во 2016 година имавме преземања вредни девет милијарди

ТРИ СТОЛБА НА СТАРТАП ЧУДОТО ВО ИЗРАЕЛ: ДРЖАВАТА ПОВЛЕКУВА НО


www.kapital.mk

Капитал број 914 05.05.2017

25 Осум и пол милиони луѓе населени на едвај дваесетина илјади квадратни километри – Израел е мала земја, сместена во пустина, практично без природни ресурси, заокружена од сите страни со непријателски држави, постојано на штрек заради безбедносните ризици. Во ваков амбиент, Израел е дом на 3000 активни стартапи, 300 истражувачки центри на мултинационални компании – Microsoft, Google, IBM, Samsung, Oracle, Dell, Siemens, Visa, PayPal…нема кој не е таму – потоа 100 и кусур венчр фондови, 200 и кусур акцелератори, а секоја година се случуваат аквизиции на технолошките стартапи што вредат и по неколку милијарди долари. Најновата ја направи Intel, купувајќи го Mobileye за дури 15 милијарди долари. Како е тоа можно, ни раскажаа Ханан Бранд и Михаел Мизрахи, претставници од израелската стастап сцена, гости на настанот “Како Израел стана стартап нација“ што го организираше Сеавус инкубаторот во Скопје.

долари, а годинава, очигледно ја почнавме со 15 милијарди аквизиција на Mobileye, па очекуваме да биде рекордна.“, истакна Бранд, инаку, коосновач на Cornerstone Venture Partners, инвестициски фонд за вложување во стартапи, моментално “тежок“ 25 милиони долари, еден од преку

стотината што трагаат по профитабилни бизнис идеи во Израел.

Војската како школо за тренинг на претприемачи

Зошто е битно искуството на Израел во развојот на сопствената стартап приказна? Затоа што е фасцинантно да се чуе како оваа мала, пустинска земја,

БРОЈКИ

1000

нови стартапи се основаат во Израел секоја година

3000 20

стартапи во моментов се активни

илјади луѓе работат во израелските стартапи

300

илјади луѓе работат во целата индустрија за висока технологија во земјата

100

венчр капитал фондови најмалку има во Израел

300

центри за истражување и развој има во земјата, отворени од мултинационалните корпорации

217 3,97

бизнис акцелератори има во Израел

милијарди долари инвестирале венчр фондовите во израелски стартапи во 2016 г.

практично без природни ресурси, со сите политички и безбедносни предизвици со кои што се соочува, а сите добро ги знаеме – стана глобален лидер во претприемништво, иновации и развој на стартап култура. И покрај општо распространетото мислење дека тајната на успехот на Израел како стартап дестинација, и воопшто економскиот подем на оваа земја формирана како

ОГА, ЗА ПРИВАТЕН КАПИТАЛ ДА ЈА СЛЕДИ; ВОEНА ОБВРСКА; ИМИГРАЦИЈА


www.kapital.mk

Капитал број 914 05.05.2017

26

STARTUP

Н

Н ХАНАН БРАНД

ко-основач на Cornerstone Venture Partners, инвестициски фонд во рана фаза на стартапи

ие сме всушност нација што ‘обожува’ проблеми. Нашата историја на некој начин ни наметнала вечна неизвесност и проблематични ситуации, за кои што ние сме морале постојано да бараме решенија. Просечен Израелец и да види на улица како редица луѓе долго време чекаат за нешто, тој ќе си рече, е па зошто вака да биде, ајде да направиме некаква апликација да го поедноставиме тоа, ова не смее да биде проблем. Во генот пак ни е впишано постојано да не бидеме задоволни со моменталната ситуација во било која сфера и да бараме начин како да ги подобриме работите.

држава во 1948 година, се должи на некаква религиозна и етничка исклучителност, сплотеноста на Евреите, поддршката од САД, и сл., причините во основа се многу поприземни и попрактчни. Гостите говорници на конференцијата на Сеавус насловена “Како Израел стана стартап нација“ објаснија всушност дека во сржта на нивниот успех е всадувањето на културата уште од најмали нозе, да не се помируваш со никаков проблем, туку веднаш да бараш решение. И постојаното чувство на незадоволство со актуелните состојби во било која област, култура каде што индивидуалците нонстоп се плеткаат со технологијата, како и владините политики за поддршка на стартапите. “Ние сме всушност нација што ‘обожува’ проблеми. Нашата историја на некој начин ни наметнала вечна неизвесност и проблематични ситуации, за кои што ние сме морале постојано да бараме решенија. Просечен Израелец и да види на улица како редица луѓе долго време чекаат за нешто, тој ќе си рече, е па зошто вака да биде, ајде да

МИХАЕЛ МИЗРАХИ

директор на AtoBe акцелераторот од Ерусалим

направиме некаква апликација да го поедноставиме тоа, ова не смее да биде проблем“, објасни Ханан Бранд пред присутните македонски претприемачи. Тој додаде дека подемот на Израел како напредна технолошка нација особено се засилува после 1990-та, откако по распадот на Советскиот сојуз, огромен број Евреи од советските републики се доселиле во Израел, а меѓу нив имало многу научници, лекари, инженери, па таа концентрација на ум на земјата и дало силен импулс во развојот на технолошките капацитети, претприемништвото, иновативноста, итн. Бранд во овој контекст се осврна и на книгата издадена во 2009 година, наречена “Стартап нација“ од авторите Дан Сенор и Саул Сингер, кои што израелското стартап чудо го објаснуваат со два главни фактори: задолжителниот долготраен воен рок и имиграцијата. Авторите веруваат дека израелската армија на идните потенцијални претприемачи им пружа можност да развијат разни вештини и остварат многу контакти. Како што објасни и самиот Бранд, во нивната војска не е

аправивме непрофитна платформа Made in Jerusalеm, која што ги поврзува претприемачите, истражувачко – развојните центри, универзитетите и научните институти, инвеститорите и сето тоа со цел да се развива локалниот иновациски екосистем. Во 2016 година имавме повеќе од 500 стартапи, од кои што 150 во биотехнолошката индустрија, 250 во интернет, мобилниот и софтверскиот сектор, 100 во чиста енергија, микропроцесори и индустриски технологија. Во 2015 година Time магазинот го одбра Ерусалим како еден од петте најбрзо растечки технолошки хабови во светот.

толку строго поставена хиерархијата како што е тоа вообичаено за армиски систем. “Во средина каде што исклучително се цени креативноста и интелигенцијата, вие можете на вашиот претпоставен да му кажете дека не е во право за нешто и да понудите подобро решение, без оглед на неговиот ранг. На 19-20 години може да дојдете во ситуација да командувате со единица од 20 луѓе, што за толку млад човек е голема одговорност, но и градење искуство и менаџерски вештини што потоа имаат големо значење во развојот на кариерата по воениот рок. Приморани сте со минимум инструкции од врвот, да се снаоѓате, носите одлуки, импровизирате, дури и ако тоа понекогаш значи кршење на некои правила.“, истакна Бранд.

Ерусалим од град на конфликти стана град на стартапи

Имиграцијата пак, има, исто така голема улога во израелскиот економски подем. “На имигрантите не им е непознато да почнуваат сè од почеток. Тие по дефиниција се преземачи на ризик. Па така, нацијата на имигранти станува

УСПЕХ: СТАРТАПИТЕ СЕ ПРЕЗЕМАНИ ЗА МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ


www.kapital.mk

Капитал број 914 05.05.2017

27 нација на претприемачи. Израел многу пати во историјата била земја на имигранти, 9 од 10 еврејски Израелци денес се имигранти или потомци на имигранти од прва или втора генерација. Оваа специфична демографија, е голем поттик за пробување на среќата и преземање ризик, затоа што имигрантите немаат што да загубат“, велат авторите на “Стартап нација“. Невообичаените околности во кои што се развивала израелската држава, проблематичните односи со Палестинците и околните арапски држави што наметнуваат постојан ризик од судири и воена состојба, уште повеќе ја зголемуваат зачуденоста на светот околу неверојатниот подем на стартап културата на Израел. Но, како што истакна гостинот на Сеавус, Михаел Мизрахи, директор на бизнис акцелераторот АtoBe во Ерусалим и директор за иновации и развој во Азриели Колеџот за инженерство, сето ова од друга страна ги натерало тамошните претприемачи да бидат страшно креативни и интуитивни. “Вие во Македонија како претприемачи може да размислувате за пробив во регионот прво, пред да развивате стратегија за глобална експанзија

на вашите продукти. Ние во Израел не можеме да си го дозволиме тоа. Свесни сте кој е нашиот регион, така? Каде ние ќе одиме надвор од Израел, ако не веднаш на светскиот пазар? Вие од Скопје и со автомобил може да стигнете до Виена за десетина часа, ние мораме за сите комуникации со Европа да користиме скапи авионски билети. Затоа ние ги натеравме сите светски технолошки гиганти да дојдат кај нас, и покрај сите ризици што ги носи Израел. Зошто дојдоа? Затоа што видоа дека има многу креативен талент на едно место, многу потенцијал за развој на продукти со висока додадена вредност, и голема поддршка од државните фондови. Сите отворија свои истражувачки центри, и во соработка со нашите универзитети и стартап акцелераторите се создава синергија која резултира со продажби од неколку милијарди долари по стартап. Вие во Македонија не смеете да се рекламирате како дестинација на ниски плати. Ако дојде еден Cisco заради ниските плати, тие ќе останат ниски. Но, ако дојде заради талентот и квалитетот на инженерите, тогаш платите ќе растат“, поентираше Мизрахи. Тој додаде дека во Ерусалим, познат по кревките меѓурелигиски и меѓуетнички

ИЗРАЕЛ НА СВЕТСКАТА СТАРТАП МАПА... СПОРЕД WORLD ECONOMIC FORUM Земјата е во самиот светски врв кога станува збор за развиеноста на стартап инфраструктурата, иновациите, истражувањата и технолошкиот развој XИновации X (Бр.2) XРасположливост X на пари од венчр фондови (Бр.2) XКомпаниско X трошење за истражување и развој (Бр.2) XКвалитет X на истражувачки институции (Бр.3) XПоврзаност X на универзитети со компаниски истражувања и развој (Бр.3)


www.kapital.mk

Капитал број 914 05.05.2017

28

STARTUP

Хан Бранд и Михаел Мизрахи во Сеавус инкубаторот го објаснуваат неверојатниот успех на претприемништвото и стартап индустријата во нивниот роден Израел.

ШТО МОЖЕ ДА СЕ НАУЧИ ОД ИЗРАЕЛСКАТА СТАРТАП ФИЛОЗОФИЈА XВо X ред е да не се успее... но ако паѓаш, паѓај побрзо

XРазмислувај X глобално од првиот ден Ниеден стартап не може да успее затворен дома

XБарај X ги болните точки Вљуби се во проблемите, а не во решенијата

XПоврзувај X се Никој не може да успее сам

XРазмислувај X “out of the box“ Не прифаќај “Па така сите прават“ како одговор

XБрендирај X се. Ако никој не знае за твојот производ – исто како да не постоиш

односи и вечно на работ на конфликти, успеале да направат рај за стартапите, во што помогнала и платформата Made in Jerusalem - MadeinJLM, непрофитна организација која што ги поврзува претприемачите, истражувачко – развојните центри, универзитетите и научните институти, инвеститорите и сето

тоа со цел да се развива ерусалимскиот иновациски екосистем. “Во 2016 година во својата база на податоци MadeinJLM имаше повеќе од 500 стартапи, од кои што 150 во биотехнолошката индустрија, 250 во интернет, мобилниот и софтверскиот сектор, 100 во чиста енергија,

микропроцесори и индустриски технологија. Во последниве три години повеќе од 100 стартапи годишно се отвораат во Ерусалим. Во 2015 година Time магазинот го одбра Ерусалим како еден од петте најбрзо растечки технолошки хабови во светот “, истакна Мизрахи. nnn

ЕКСПЛОЗИЈА: БРОЈОТ НА СТАРТАПИ ГОДИШНО РАСТЕ ПО 20-30%


They say diamonds are forever… and so is an MBA!

Enjoy the most Valuable classroom experience – real life Harvard Business School case studies, business simulations and participant centered learning that enhance your strategic decisionmaking skills and critical thinking

a Rare opportunity to learn alongside esteemed professionals in order to build an extensive and exclusive network of useful contacts which could lead to new business opportunities The most Desirable and sought after degree in the world by employers, entrepreneurs and future leaders

World-class curriculum that applies a global outlook on current issues, taught by international faculty from top –tier schools with a rich portfolio of expertise

A brilliant cut to fit your demanding work schedule and maintain your work – life balance, giving you more flexibility to acquire the skills and experiences to fulfil your career objectives

Access to the Highest Quality internationally accredited degree by the Accreditation Council for Business Schools and Programs (USA) created as a combination of European and American educational standards

So don't lose a diamond, while chasing glitter! Enroll at the UACS MBA program! За повеќе информации: Бул. Трета македонска бригада бр. 60, 1000 Скопје Телефон: + 389 (0) 2 2463 156; 2463 159 Е-пошта: graduate@uacs.edu.mk

www.uacs.edu.mk

UACS SKOPJE

UACSKOPJE

YOUTUBE.COM/USER/UACSKOPJE

UACSKOPJE


СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

ТЕЛЕКОМУНИКАЦИИ

12 МАЈ

2017

ТРЕНДОВИ: ШТО КОГА КОНКУРЕНЦИЈАТА СЕ MESSENGER, VIBER И WHATSAPP? Два големи оператори со вкупен приход од безмалку 300 милиони евра, и уште неколку помали играчи – ова е македонскиот пазар за телекомуникациски услуги во 2017 година, откако се случи консолидацијата, односно спојувањето на втората и третата по големина компанија во еден оператор. Додека приходите од продажба континуирано паѓаат, останува тешката задача за главните провајдери како да ја задржат профитабилноста што ќе ги задоволи нивните акционери, додека истовремено мора да се задржи високото ниво на инвестиции за да се задоволи гладот на потрошувачите за квалитетни услуги – што во превод во моментов значи брз интернет и видео содржини на мобилните уреди, секаде и во секое време. Во специјалниот прилог “Телекомуникации“ што ќе излезе на 12.05. ќе анализираме што ќе се случува на домашниот телекомуникациски пазар во делот на иновации, технологии и квалитетна понуда на услуги за крајните корисници во периодот што следи.

l КОНСОЛИДАЦИЈАТА СЕ СЛУЧИ, КАДЕ ЌЕ СЕ ДВИЖИ ТЕЛЕКОМ ИНДУСТРИЈАТА ВО МАКЕДОНИЈА l ПРЕСЕЛБА ОД ФИКСНИОТ НА МОБИЛЕН ИНТЕРНЕТ: КАКО ДА СЕ ЗАДОВОЛИ ГЛАДОТ ЗА ПОДАТОЧЕН СООБРАЌАЈ l “БОРБАТА“ СО ОТТ ПРОВАЈДЕРИТЕ ПРОДОЛЖУВА: ШТО КОГА КОНКУРЕНЦИЈА ЌЕ СТАНАТ VIBER И WHATSAPP l КОИ СЕ ТЕХНОЛОШКИТЕ НОВИТЕТИ ШТО ТЕЛЕКОМИТЕ ГИ СПРЕМААТ ЗА ИНДИВИДУАЛНИТЕ И БИЗНИС КОРИСНИЦИТЕ

Повеќе информации во врска со прилогот и за претставување во истиот можете да добиете на е-мail: marketing@kapital.com.mk l gordana.mihajlovska@kapital.mk или на телефонскиот број ++ 389 2 3298 505

ЛИЦE ЗА КОНТАКТ:

ГОРДАНА МИХАЈЛОВСКА


www.kapital.mk

Капитал број 913 28.04.2017

31

ОТВОРЕН НОВ ХОТЕЛ CENTRAL FITNESS & SPA ВО ВИНИЦА Хотелот Централ, Фитнес & Спа **** широко ги отвори вратите за сите оние кои имаат потреба или желба да ја посетат Виница и околината.

Х

отел Централ е лоциран во строгиот центар на градот Виница во тивка околина, топло уреден и декориран со цел да го понуди најдоброто од удобноста и комфорот и да ги исполни очекувањата за современ и прекрасен хотел. Секоја од 22-те гостински соби и апартмани нудат врвно гостопримство за вашите деловни и туристички патување во Виница или во регионот на источна Македонија. Сите соби се одликуваат со елегантен мебел и се опремени со бања, фен за коса, мини бар, сеф, ТВ, телефон, бесплатни безжичен интернет и

избор на кафе и чај. За гостите да имаат удобен престој се грижи љубезен и пријателски персонал а рецепцијата е отворена 24 часа. Со секоја резервација на соба е вклучен и разновиден богат појадок кој се сервира во ресторанот на хотелот. За ручек или вечера на нашите гости го препорачуваме ресторан Александар Парк Виница, каде што можат да се вкусат голем број на специјалитети од македонската и интернационална кујна, место каде може да се задоволат потребите и на најпребирливите. Во склоп на хотелот е и фитнес центарот “Central Gym& Fitness” кој веќе е препознатлив избор

на сите љубители на здравиот животен стил во регионот и на сите оние кои сакат да бидат во форма. Користењето на фитнес центарот за гостите на Хотелот е бесплатно. За гостите е обезбеден и бесплатен паркинг во склоп на хотелската зграда. Ексклузивниот спа центар како и салата за семинари се во подготовка и ќе бидат отворени во јули 2017-та година. Сега имате нова причина да ја посетите Виница, а по заминувањето ќе имате уште повеќе причини повторно да се вратите. nnn

Резервации на телефон: +389 33 360 022 или на e-mail: hotel@central.mk


32 INTERVIEW Капитал број 914 05.05.2017

www.kapital.mk

ИНТЕРВЈУ

ЃЕРЃ КОНРАД ПИСАТЕЛ

РЕВОЛУЦИЈАТА МОЖЕ ДА ЈА СИМН САМО ОБРАЗОВАНИ МОЖЕ ДА ЈА ПОРАЗ ЛОШАТА ВЛАСТ!


www.kapital.mk

Капитал број 914 05.05.2017

33 Ваквите лидери сакаат да му дадат демонско лице на либерализмот, оти за обичниот човек потребно е лице, персонификација, демонот да има човечко лице. И тоа е претстава за масите. Се избира човек којшто е моќен и којшто има многу пари и тој е ѓаволот. Сега тоа е Сорос. А всушност ѓаволот е на друго место“, вели тој објаснувајќи ги состојбите на Балканот и во неговата земја.

НЕ, НО ИЕТО ЗИ

разговара:

С

Катерина Синадиновска

Со Ѓерѓ Конрад се сретнавме едно сончево мајско попладне во неговиот дом во Будим. Возбудата како новинар е огромна, се витка пред неговата биографија и кулминира кога вратата ја отвора 84 годишен човек со енергија на вечен борец и нескршлив дух. Домот му мириса на знаење и мудрост. Книги насекаде. Ме води во библиотека со прекрасен поглед на ридовите на будимовата страна на Дунав. Идиличната атмосфера покрај терасата и песната на птиците од дрворедот пред неговиот стан ја прекинува нашиот сериозен разговор: XСветот X после Брегзит и изборот на Доналд Трамп за претседател на САД повеќе не е истиот. Можеби она што најмногу ги плаши либералните умови не се политичките промени коишто ќе следат, туку фактот што милиони луѓе поддржаа политики на изолационизам, популизам, регрес на науката, притисок врз човековите права и слободи. Во вашата автобиографска книга „Гостин во сопствената земја“ опишувајќи како како мало дете Евреин сте гледале на фашизмот велите: „Се што ми претставува закана мене, мора да е идиотско, секој којшто ми е закана е идиот, оти јас не сум закана за никого“. За Вас поддржувачите на Хитлер биле глупави и задоени идиоти. Денеска повторно гледаме остатоци од него и од неговата визија воскреснати не во еден, туку во повеќе лидери низ Европа и светот. Си имаме ли повторно работа со политички идиоти? Со локални идиоти (се смее, н.з) XКако X го објаснувате тој мазохизам кога луѓето свесно избираат лидери коишто им ја ограничуваат индивидуалната слобода? Прво да кажам дека не бев воопшто среќен со Брегзит и не бев среќен ниту со изборот на г. Трамп за претседател. Сметав дека двата столба, гаранции за либералната демократија, Велика Британија и САД се разнишани. Вистинското прашање коешто се наметна после ваквиот тек на настаните е - како ќе се развива иднината на Европа? Реална е опасноста од порастот на десните и особено крјано десните политички движења, но фактот дека тие не победија на изборите во Холандија, во Австрија, во Германија не стануваат посилни, а како што гледаме веројатно нема да победат ниту

Поранешниот претседател на Светската организација на писатели (PЕN International) и претседател на Академијата на уметности на Германија, адвокат за човековите слободи и пpава, добитник на мал милион награди, преведуван и цитиран на сите светски јазици во ексклузивно интервју за „Капитал“ вели дека само силно образовани луѓе можат да се спротивстават на денешниве илиберални демократии и нивните автократски лидери. Токму затоа, автократите удираат по универзитетите, вели тој и порачува да се стави акцент на таа борба во којашто слободоумните и умните мора да победат за општеството да се опорави од годините на лоша власт.


www.kapital.mk

Капитал број 914 05.05.2017

34

ИНТЕРВЈУ

Добрите книги се богатство! XШто X мислите за литературата денес? Станува ли се поповршна? Еден стар господин како мене може да си дозволи да прочита три страници од која било книга и да рече: „ова е ѓубре!“ XТака X се справувате со лошите книги? Да. Во корпа. Но, има и добри книги. Секогаш било така. Имало и добри и лоши писатели и дела. Добрите книги се реткост, вистинско богатство. XЧитате X на компјутер? Не, книгите ги сакам во нивната физичка форма. Обично прво пишувам на хартија, па потоа тоа го ставам на компјутер, па сега да го гледам екранот и за читање, за забава, апсолутно ми е премногу. во Франција, дава надеж дека Западна Европа не е сосема полудена. XА XИсточна? И Источна е солидна. Во Чешка, Земан не е некој особен извор на мудрост, но не верувам дека би одел далеку. Во Словачка, Фицо е националист, но сепак покажува знаци на модернизација. На пример, добро е што го избраа еврото како официјална валута. Мислам дека национализмот во овие држави останува повеќе на ниво на празна реторика. XМинатата X недела го слушнавме и кандидатот за претседател на Франција Емануел Макрон, оној во којшто либералите полагаат надежи за пораз на кандидатката на крајната десница, Ле Пен, како вели дека Европската унија мора да се реформира или ќе следува „Фрегзит“. Верувате ли во овие закани, или Макрон само се обидува да ги „преземе“ гласачите на Ле Пен пред вториот круг гласање? Ќе кажам само дека Макрон беше прилично добар министер за економија, доаѓа од Ротшилд банката. Ако некој е добар банкар не може да е глупав. XСепак X сведочиме на засилени националистички чувства... Во оваа земја да. Всушност во сите земји. Тие коњи на национализмот некогаш многу брзо јаваат, некогаш се остарени, уморни. XОва X е време на нивна силна потенција? Да, јас секогаш велам - побавно, побавно... особено во време кога галопираат по

наредба. Во политиката времето е клучна категорија. Брзите политички одлуки обично се осудени на пропаст. За се потребно е време и трпение. Процесите треба да се одвиваат полека. XВо X Унгарија благодарение на отпорот што го даде интелигенцијата, не само унгарска, туку и од светот, реагираа универзитети од Лондон, Париз, Њујорк, Владата се откажа од намерата за затворање на Централно Европскиот Универзитет (ЦЕУ)… Тоа беше секако идиотски чекор. Кога некој има се повеќе и повеќе моќ, почнува да мисли дека сите негови идеи се секогаш најдобри. Ваквите лидери се спремни да веруваат дека знаат доволно за темата. Притоа сакаат да му дадат демонско лице на либерализмот, оти за обичниот човек, којшто го зборува јазикот на омразата потребно е лице, персонификација, демонот да има човечко лице. И тоа е претстава за масите. Се избира човек којшто е моќен и којшто има многу пари и тој е ѓаволот. Во случајов, тоа е Сорос. Сорос кај нас, а и во светот е основач на многу универзитети, на многу културни институции. Тука, дури 70 % од инвестициите во културата се негови. А во економијата 90 % од инвестициите се од фондови од Европската Унија. Ѓаволот е значи на друго место. XКаква X е иднината на Европа со вакви лидери, за коишто се добри нејзините пари, ама не и нејзините вредности? Луѓето коишто работат таму во Брисел, во Европската Комисија, во Европскиот Парламент не се толкави идиоти како што нашите лидери ги мислат. Нашиве мислат дека ако во 10 наутро ним им кажат нешто, а во 4 попладне дома кажат нешто сосема друго, тие нема да разберат и да ја имаат таа саркастична насмевка што Вие ја имате сега во моментов.

На вистинските интелектуалци власт не им треба, политичарите се луѓе без професија XСепак, X успеавте да го спасите ЦЕУ. Дали ова е единствениот начин да се избори општеството за вредностите? Кога интелигенцијата го крева гласот….? Па видете, не е единствен, секогаш има и тенкови, бомби... (се смее, н.з) XНишто X чудно што ова го зборувате. Во 1956 лично сте биле дел од Револуцијата. Прочитав дека сте носеле и пиштол, иако никогаш не сте го употребиле. Не се плашете од мене, Ве уверувам дека нема да пукам во никого. XВерувате X во моќта на Револуцијата или сепак се залагате за мирно уривање на режими? Револуцијата е секогаш вештачка

Револуцијата е секогаш вештачка креација, спротивна од еволуција. Не сум револуционер, оти знаете - тие што се победници во Револуцијата на крајот ќе је повторат позицијата на оние што биле губитници. Стануваат едно исто.

креација, спротивна од еволуција. Не сум револуционер, оти знаете - тие што се победници во Револуцијата на крајот ќе је повторат позицијата на оние што биле губитници. Стануваат едно исто. XЗначи X Револуцијата не е решение? Не. Револуционерите се сепак политичка класа, а јас сум скептик во однос на политичката класа. Професионалните политичари се борат за власт и за моќ и за да ја задржат таа моќ. На вистинските интелектуалци не им треба власт. Власта е здодевна, ве одвратува од вашата работа

КОНРАД: КОГА НЕКОЈ ИМА СЕ ПОВЕЌЕ И ПОВЕЌЕ МОЌ, ПОЧНУВА


www.kapital.mk

Капитал број 914 05.05.2017

35 За мала европска држава опасно е да бара закрила во Москва XВо X „Антиполитика“ пишувате дека најлошо нешто им се случи на државите од Централна Европа е што по падот на Железната завеса тие припаднаа во Источниот блок. Ќе беше поинаку, сигурно, ако овие држави уште тогаш почнеа со имплементација на западните вредности. Да, не е убаво Европа да биде поделена на два дела, а особено не сакам овие два дела да се гледаат на нишан. Особено сум среќен што на местото на поранешната Железна завеса сега има велосипедска патека со тоа исто име. Европа треба да е обединета, обединета во своите демократски, западни начела и сите опасни симболи како „Железната завеса“ да останат шега на минатото. XЦрна X Гора станува членка на НАТО. Тоа е една држава минус во очите на Русија. Велат дека токму Балканот е новото жариште на битката ЗападотРусија. Какво е влијанието на Москва врз европските и балканските политички процеси денеска? Присутно. Јас сметам дека не треба да имаме особени односи со Русија, треба да имаме добри, но не специјални. Опасно е за една мала европска држава да стане инструмент на таква голема светска сила. Но, ете со насмевка прифаќам кога гледам во Будва руски туристи, слушам реклами на руски јазик. Ако руските туристи сакаат да доаѓаат на Медитеранот или еве на Балатон кај нас, добредојдени се. Ако сакаат нека трошат пари тука, но политички дистанцата е неопходна. и професија. XДали X затоа најчесто политичарите се луѓе без кариера, без своја професија? Да не се политичари тие нема што да бидат друго.. Да. И тоа најчесто се лоши ученици, со слаби оценки. Можеби луѓето треба да доаѓаат на власт кога се веќе пред пензија. XКако X ја гледате улогата на медиумите во процесот на уривање на демократијата? Велат, човек којшто не е информиран, или

полошо – погрешно е информиран, не може да донесе правилна одлука на денот на изборите. Дали вината на оние коишто ја шират пропагандата е подеднаква како на оние кои ја креираат? Прво, медиумите не се евтини, а во слаби деморкатии обично има и сиромаштија. За да купите весник ви требаат пари, за повеќе весници - повеќе пари, за да имате компјутер, повторно ви требаат пари. Без лична инвестиција, немате пристап до информации, или немате пристап до

различни, квалитени информации. И тогаш ќе повторувате глупости што ќе ги чуете или ќе ви ги кажат без сами да донесете заклучок преку читање. XКое X е решението? Нема едно, големо решение. Сепак би рекол - универзитите. Тие ја бранат вистината. Процесот на учење е најдобро решение за борбата против пропагандата. Најголем влог би ставил во образованието, тоа е најважно. Образован човек потешко можеш да манипулираш. Затоа и ги напаѓаат универзитетите.

ВА ДА МИСЛИ ДЕКА СИТЕ НЕГОВИ ИДЕИ СЕ СЕКОГАШ НАЈДОБРИ


www.kapital.mk

Капитал број 914 05.05.2017

36

ИНТЕРВЈУ

Процесот на учење е најдобро решение за борбата против пропагандата. Најголем влог би ставил во образованието, тоа е најважно. Образован човек потешко можеш да манипулираш. Затоа и ги напаѓаат универзитетите. XПишувате: X „Домот е на мостот Елизабет (мост што ги поврзува Будим и Пешта, н.з) каде што враќајќи се од пат го гледам Дунав и велам – колку убаво)“. Затоа ли секогаш се враќавте? Никогаш не ја напуштивте Унгарија... Се враќав затоа што верувам дека и во други земји ќе најдам идиоти. Верувам дека лошите дечки се насекаде. А јас веќе си ги знам лошите дечки тука. Не можам да бидам толку моќен во мојата критика, толку гласен во друга земја оти тие лоши дечки ќе речат – од кај знаеш, пак ти, ти не си од тука. Е па, од тука сум, и овие ги знам. XКога X сте се вратиле после војната во Вашиот роден град сте добиле задача да напишете есеј – Зошто ја сакам мојата земја. Во автобиографијата пишувате дека во тој момент сте биле збунет. Не сте знаеле што да напишете. „За татковината имав слика дека тоа е едно место на среќата, место на сигурноста. Но, откако ќе видите дека таа татковина е закана за вас и ќе ги видите вашите сонародници како немо гледаат, дури и учествуваат во бруталноста, веќе никогаш дома нема да се чувствувате како дома“- велите. Како повторно да се засака татковината? Како да се врати тоа чувство на припаѓање откако сте виделе како е силувана од политички криминалци и профитери? Со тоа што ќе се опкружите со убави луѓе. Јас не гледам лоши луѓе, немам што да барам со нив, си ги имам моите пријатели, моето семејство, опкружен сум со умен, убав народ. XНе X се мешате со „другите“? Ако сакам да видам лоши луѓе пуштам телевизија. Дури и тогаш имам далечинско, имам избор. XА Xимате ли вистински избор? Да, апсолутно. Секогаш можам да си пуштам „Анимал планет“(се смее, н.з). XШто X Ви е моментална преокупација, додека уживате во овој прекрасен поглед од вашиот дом во Будим? Се подготвувам да одам за Берлин. Бев претседател на Академијата на уметности на Германија, па има годишна конференција таму. Веднаш потоа ќе одам за Ајхен, каде што оваа година мојот драг пријател Тимоти Гартон Еш ќе ја добие престижната награда за промоција на европските вредности, (International Charlemagne Prize of Aachen). Ќе се дружам со него. Јас ја добив оваа награда во 2001-та во конкуренција со Бил Клинтон и Тони Блер. XВелите X дека интелектуалците не сакаат власт и моќ. А што е со наградите? Тие се вистинската моќ. Како се чувствувате со толку награди? Кога писателот е доволно добар, тогаш тој е веќе над ова прашање. И кога е доволно стар. XВие X сте и двете? Да. nnn

КОЈ Е ЃЕРЃ КОНРАД?

Ѓ

ерѓ Конрад е роден на 2 април во 1933 година во малиот унгарски град Беретујфалу, блиску Дебрецин во влијателно еврејско интелектуално семејство. Основното и средно образование го завршува во Будимпешта, каде што заедно со неговата сестра бега за време на германската окупација, а подоцна дипломира на Етвош Лоранд Универзитетот. Токму детството поминато во криење, разделбата со родителите коишто бегаат на сосема друга страна, фактот дека сите негови соученици се убиени од Германците (Конрад спасува жива глава само затоа што родителите ноќта пред масакрот во малиот град го носат во Будимпешта каде што шансите за криење се поголеми) го одбележува целиот негов живот и негово творештво. Во својата автобиографска книга „Гостин во сопствената држава“ тој го објаснува целиот живот како Евреин, како некој којшто ќе израсне во заколнат противник на фашизмот и вечен борец за слободата. Во својата кариера тој бил претседател на Светската организација на писатели (1990-1993), но е и првиот странец претседател на Германската академија на уметности, во два мандати. Автор е на многу книги, есеи, колумни, некои фиктивни, но главно автобиографски. Добитник на наградите: Хердер (1983), Чарлс Велон (1985), Кошут (1990), Ман – Шпербер (1990), Гете медал (2000), Националната награда на Ајхен (2001). Наградата за човекови права на Франц Верфер (2007), Националната награда за еврејска книга (2008). Офицер е на легијата на честа во Франција, Германија и Унгарија. Почесен граѓанин е на Будимпеша и на Беретујфалу.

КОНРАД: ВО ПОЛИТИКАТА ВРЕМЕТО Е КЛУЧНА КАТЕГОРИЈА



ШТО ДОБИВАТЕ СО ОН-ЛАЈН ПРЕТПЛАТА НА КАПИТАЛ: претплата на 1. Со електронското издание на Капитал

заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

за најава од 2.Можност три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

до електронското 3. Пристап издание од било каде во Светот

ШТО ДОБИВАТЕ СО ПРЕТПЛАТА НА ПЕЧАТЕНОТО ИЗДАНИЕ НА КАПИТАЛ: l 49 броја на редовното издание на Капитал l 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал l Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа l Платена поштарина l Вклучено ддв l Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози


ЛИДЕР ВО ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО НА КВАЛИТЕТНИ ГРАДЕЖНИ МАТЕРИЈАЛИ КВАЛИТЕТ-ПРОМ е препознатливо име во областа на трговија со градежни материјали. Наша основна карактеристика по која се разликуваме од другите е целосната посветеност кон конкретните потреби и желби на нашите клиенти. Квалитетот е потврден со сертификати од самите производители. КВАЛИТЕТ-ПРОМ со своето долгогодишно искуство во продажбата и набавката на градежни материјали е докажан бренд на македонскиот пазар. За нашиот квалитет и посветеност кон работата доволно говори долгата референтна листа на задоволни клиенти и соработници. За сите наши производи вршиме транспорт до вашиот објект или склад. Испораката е навремена и бесплатна. Ваше е само да порачате, а ние ќе го организираме сето останато. КВАЛИТЕТ-ПРОМ располага со армирачки погон, јавен царински склад со отворен и затворен простор со можност за складирање на различни видови стока како и со царински терминал за увоз-извоз со можност за сместување на 100 товарни возила.

kvalitet-prom.com.mk


www.kapital.mk

Капитал број 914 05.05.2017

40

ИНТЕРВЈУ

АЛЕКСЕЈ ВАЛУНЕТС ЕКСПЕРТ НА IFC ЗА КОРПОРАТИВНО УПРАВУВАЊЕ

Специфичната точка на транзиција многу ќе зависи од комплексноста на бизнисот. Како некоја општа насока, кога компанијата ќе достигне 100 вработени, со сигурност мора професионално да биде управувана. Таа точка може да се искористи како надворешна граница за да се почне со прилагодување на комплексноста на бизнисот.

Нашите истражувања меѓу инвеститорите во пазарите во развој покажуваат дека повеќе од половина од нив се подготвени да платат 10% повеќе за добро управуваните компании, а повеќе од една третина биле подготвени и за премија до 20%. Значи, сепак се исплати доброто управување на семејните бизниси.

ДОБРОТО УПРАВУВАЊЕ СО СЕМЕЈНИТЕ БИЗНИСИ СЕКОГАШ СЕ ИСПЛАТИ пишува:

Игор Петровски

А

igor.petrovski@kapital.mk

Алексеј Валунетс е експерт за корпоративно управување во Меѓународната финансиска корпорација (IFC), дел од Светската банка, односно, координатор на групата за Практики на управување со малите и средни претпријатија (МСП). Тој ќе биде еден од говорниците на Третата конференција за семејни бизниси што ја организира ClearView во Скопје, на 31 мај, овој пат насловена

“Предизвици на транзицијата на семејните бизниси“. Со Валунетс разговаравме околу потребите на семејните компании, кои што во земјите во развој најчесто се всушност во категоријата мали и средни, да воведат добро корпоративно управување, кое што во принцип се перцепира како нешто што е нужно само за акционерските друштва. XЗошто X е важно малите и средни претпријатија и семејните бизниси да воспостават добро корпоративно управување? Истражувањата направени во различни типови на бизнис, покажуваат дека добро управуваните компании остваруваат значително подобри долгорочни финансиски резултати. Тие растат побрзо и се поoдржливи. Резултатите константно покажуваат дека слабите практики на управување се директно поврзани со слаби бизнис

перформанси, измами и катастрофални неуспеси. Многу инвеститори, вклучувајќи не и нас како Светска банка, константно мониторираат портфолио на инвеститори и ја гледаат таа корелација многу јасно. Зборувајќи за малите и средни претпријатија, во одреден момент од развојот недостатокот на соодветни практики на управување станува сериозна пречка за понатамошниот раст. На тоа исто така се гледа како на ризичен фактор од страна на приватните фондови. Едноставно кажано, добро управуваните мали и средни претпријатија имаат поголема веројатност да имаат пристап до капитал под поповолни услови. XНе X е ли премногу рано за малите и средни претпријатија да размислуваат за корпоративно управување, посебно во раните фази кога главниот фокус на

ПРОБЛЕМИ: НАСЛЕДУВАЊЕТО ПРАВИ КОНФЛИКТИ ВО СЕМЕЈНИТЕ БИЗНИСИ


РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ: 17 МАЈ 2017

КЛУЧНИ ЗНАЕЊА И ВЕШТИНИ ЗА ЕФЕКТИВЕН ДЕЛОВЕН АСИСТЕНТ МОДУЛ ЗА ДЕЛОВЕН АСИСТЕНТ

(МОДУЛОТ ЗА ДЕЛОВЕН АСИСТЕНТ Е ВО ВРЕМЕТРАЕЊЕ ОД 4 СРЕДБИ)

l Почеток: 19 мај 2017 година l 10:00-15:00 часот Институт КОНЦЕПТ, Скопје Поради важноста која ја има деловниот асистент за работењето на едно претпријатие, без разлика на неговата големина, Институт КОНЦЕПТ креираше модул за деловен асистент. За време на часовите ќе се запознаете со неколку сегменти односно: финансии, обврски од област на човечки ресурси, општи и правни работи, канцелариско и архивско работење, како и деловна етика и организација на работното место.

l Индивидуално практицирање за време на самото предавање l Понесете го знаењето на предавачот со себе и по завршувањето на обуката

ОБУКАТА Е НАМЕНЕТА за почетници во

ОВАА ОБУКА ЌЕ БИДЕ КОРИСНА ЗА ДОБИВАЊЕ НА:

административната работа, студенти, вработени лица на позиција деловен асистент, администратор, офис менаџер, секретар/ка, како и лица кои имаат допирна точка со административното работење, активно го практикуваат на базична основа и сакаат ВИСТИНСКИ ДА ГО НАУЧАТ!

l Eден поинаков начин за обука на деловните асистенти l Повеќе практично работење низ обуката

ОБУКАТА ЈА ИЗВЕДУВААТ искусни предавачи и експерти од областите кои ќе бидат покриени.

За повеќе информации посетете ја нашата веб страна: www.koncept.com.mk

КОНТАКТ: м-р Ленче Зикова и м-р Ирена Богоевска l e-mail: institut@koncept.com.mk l 02 3128 526 l 070 272 207


www.kapital.mk

Капитал број 914 05.05.2017

42

ИНТЕРВЈУ

сопствениците е како да преживеат на пазарот? За жал, она што често го гледаме е како сопствениците го одложуваат управувањето до некоја точка во иднина, кога компанијата ќе биде “доволно голема”. Потоа, тие нагло почнуваат со управување. Тоа станува многу нагла и болна промена за компанијата. Наместо тоа, ние сакаме да сугерираме дека компаниите растат во управувањето. Управувањето е долго патување и колку поскоро МСП ќе почнат да ги прифаќаат добрите практики, толку повеќе придобивки ќе имаат. Претприемачите треба да почнат да ги управуваат нивните компании базирано на одредени принципи, верувајќи дека некои решенија и алатки ќе се развиваат како што бизнисот расте. На пример, дури и едноставните внатрешни контроли, кога се соодветно дизајнирани, можат да помогнат да се спречи измама и овозможуваат поверодостојно финансиско известување и планирање. Сакам да потенцирам дека ние не пропагираме еднакви решенија за управување како кај големите компании. Нашиот тим ги анализираше фазите на раст на малите и средни претпријатија, од стартап до зрелост, и идентификуваше различни можности и предизвици кои се поврзани со секоја сцена. Потоа развивме насоки за управување кои специфично се однесуваат на секоја фаза. Нашите алатки и материјали за обуки за управување со МСП не ги притискаат претприемачите кон некои општо прифатени најдобри практики. Наместо тоа, претприемачите учат како да ги идентификуваат управувачките празнини во нивните сопствени компании, според фазата на развој во која се наоѓаат, и да најдат практични решенија што ќе донесат придобивки на нивниот бизнис и ќе го промовираат одржливиот раст. XКога X всушност е соодветно време за малите и средни претпријатија да почнат да размислуваат за управување? Точниот одговор би бил “сега веднаш”, но ако зборуваме реалистично најверојатно тоа би требало да биде кратко по стартап фазата. Во раната фаза, целата енергија на основачот на бизнисот е посветена на развивање на производ и како тој производ да се најде на пазарот. Кога концептот ќе биде докажан и кога продажбата ќе почне да се зголемува, време е да се почне да се размислува за самата компанија. Или ако имате повеќе од еден инвеститор, мора да почнете да работите на управување уште веднаш, во спротивно ќе имате проблеми. XВо X Македонија, е особено голем предизвикот на сопствениците/ менаџерите на семејни бизниси, посебно на тие основани во првите години на транзиција (90-те години), да се справат со прашањата на трансфер на управувањето на следната генерација, компанијата го надраснува капацитетот на управување и водење на

Проблемот со управување на семејните бизниси е присутен во целиот свет. Според релевантни истражувања, кај азиските фирми, на пример, после пет години откако основачот на фирмата го пренел управувањето на следната генерација, анализираните компании забележале пад на вредноста во просек од околу 60%. основачот...Што мислите, кога е соодветно време основачот на фирмата да ангажира професионални менаџери? Проблемот со управување на семејните бизниси е присутен во целиот свет. Според истражувањето на азиските фирми од еминентниот професор Џозеф Фен, после пет години откако основачот на фирмата го пренел управувањето на следната генерација, истражуваните компании забележале пад на вредноста во просек од околу 60%. Повеќе од половина од вредноста била избришана. Во поглед на вашето специфично прашање, тоа е многу широка генерализација, но би го рекол следново. Многу бизнисмени се, да речеме, претприемачки типови. Тие се добри во тоа да направат новите работи да се случат. Како што компанијата расте, нејзиното управување бара поголеми административни вештини. Тоа не значи неопходно дека основачот мора да отстапи од водењето на компанијата и да ангажира професионален извршен директор. Постојат и други решенија. На пример, делегирање на многу административни функции на главниот оперативен директор. Специфичната точка на транзиција многу ќе зависи од комплексноста на бизнисот, што значи дека има многу променливи во тој процес. Како некоја општа насока, кога компанијата ќе достигне 100 вработени, со сигурност мора професионално да биде управувана. Таа точка може да се искористи како надворешна граница за да се почне со прилагодување на комплексноста на бизнисот. XСпоред X Вашето професионално искуство, кои се други важни предизвици со кои семејните бизниси во Европа се соочуваат, проблемите кои се вообичаени за повеќето економии во ЕУ, но и во другите економии во транзиција од Западен Балкан? Наследувањето е големо и универзално прашање. Тоа во себе содржи многу рабoти – бизнис размислувања, лични релации, семејни и помеѓугенерациски промени. Има многу неформалност и двосмисленост. Луѓето прават многу конфликтни ситуации. Ова ги погодува и семејствата и бизнисите. Како што Рок Бенавидес, извршен директор на Buenaventura изјавил: “Не знам случаи на семејства кои станале пообединети заради пари, но знам многу случаи каде семејства уништиле компании заради пари”. Токму затоа, соодветни практики за управување се од апсолутно суштинско значење

за семејните бизниси. Тие му овозможуваат на семејството безбедно да го контролира бизнисот и да има бенефиции од тоа, обезбедувајќи му ефективна контрола на долг рок. XМакедонските X приватни компании не го прифатија многу добро концептот на Иницијални јавни понуди (IPO) како начин за прибирање на нов капитал за долгорочен раст на бизнисот. Практично, досега не постои ниту еден единствен пример за успешна емисија на акции на македонскиот пазар на капитал од страна на семеен бизнис. Според вашето мислење, кои се главните причини за ваквата ситуација? Какви се искуствата од другите земји во кои сте работеле како консултант на ова прашање? Оваа слика ја гледаме во целиот регион. Дури и во најразвиените пазари, како што се Велика Британија и САД, иницијалните јавни понуди на акции се во опаѓање, како и вкупниот број на котирани компании. Тоа не е проблем, бидејќи други играчи влегуваат, како приватни фондови, и затоа компаниите мора да научат како да им бидат привлечни. Нашите истражувања помеѓу инвеститорите во пазарите во развој покажуваат дека повеќе од половина од нив се подготвени за платат 10% повеќе за добро управуваните компании, а повеќе од една третина биле подготвени и премија до 20%. Значи, сепак се исплати доброто управување на семејните бизниси. XКои X се програмите и обуките на IFC во кои сте и вие вклучени? Како практично им помагате на малите и средни бизниси? Јас ја координирам групата за Практики на управување со МСП – мали и средни претпријатија (МСП) во IFC. Тоа е мрежа на експерти на IFC во целиот свет кои работат на овие прашања. Развивме неколку програми за обуки за управувањето со МСП, како и за специфични области како контрола на животната средина и семејно управување. Покрај тоа, ние обезбедуваме советодавни услуги за индивидуални компании. Ги идентификуваме слабостите во управувањето и предлагаме промени во форма на акционен план. Морам да кажам дека ова е најинтересниот дел од нашата работа – да работиме со компании, претворајќи ја теоријата во практика, гледајќи како нашите клиенти растат во управувањето. nnn

ПРЕЧКА: ОТСУСТВОТО НА УПРАВУВАЊЕ ГО КОЧИ РАЗВОЈОТ НА БИЗНИСОТ


РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ: 12 МАЈ 2017

КУРС ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА ВАШИТЕ ТЕХНИЧКИ ВЕШТИНИ ПОЧЕТЕН КУРС ЗА ADOBE ILLUSTRATOR l Почеток на курс: 16 мај 2017 година l два пати неделно l 17.00-19.30 часот Институт КОНЦЕПТ, Скопје Слободно можеме да кажеме дека ова е дефинитивно омилената алатка на дизајнерите и маркетинг агенциите. Сте правеле ли некогаш маркетинг кампања во која требало да бидат вклучени веб и принтани материјали, флаери, постери, билборди? Ви побарале ли некогаш векторско лого? Започнувате свој бизнис, па ви треба дизајн? Со завршувањето на овој курс ќе бидете оспособени да одговорите на сите овие потреби и задачи.

ПО ЗАВРШУВАЊЕ НА КУРСОТ УЧЕСНИКОТ ЌЕ СЕ ЗДОБИЕ СО ЗНАЕЊЕ ЗА: l Интерфејсот на програмата l Подготовка на принтан промотивен материјал (флаери, постери, билборди, визит-карти...) l Подготовка на онлајн (веб) промотивни материјали l Исцртување векторски логоа l Принципи на дизајнирање

КУРСОТ Е НАМЕНЕТ ЗА: Сите оние кои сакаат да се стекнат со основно знаење за практична работа во Adobe Illustrator. За повеќе информации посетете ја нашата веб страна: www.koncept.com.mk

01 7

Под пазуви- 400 eur 330 eur

ПР МАЈ по ОМ СК до нуда ОЦ А 31 та И .05 ва ЈА .2 жи

КОНТАКТ: м-р Ленче Зикова и м-р Бојана Делидинкова le-mail: institut@koncept.com.mk l02 3128 526 l070 272 207

Чело - 80 eur 66 eur ТРЕТМАН СО БОТОКС СИГУРНО РЕШЕНИЕ ЗА ПРЕКУМЕРНОТО ПОТЕЊЕ НЕ ДОЗВОЛУВАЈТЕ ПОТТА ДА ГО НАРУШУВА ВАШИОТ КОМОДИТЕТ

Скопје +389 2 / 321 66 08 www.ancevski.com.mk ancevski@laserlab.com.mk facebook.com / Ординација Д-р Анчевски Instagram / dr.ancevski


www.kapital.mk

Капитал број 914 05.05.2017

44

СВЕТ БИЗНИС И ПОЛИТИКА

ДОНАЛД ТРАМП 100 ДЕНА НА ЧЕЛО НА САД

ШТО ГО ЧЕКА ТРАМП ВО СЛЕДНИТЕ 100 ДЕНА?

А

Американскиот претседател Доналд Трамп, во пресрет на истекот на 100-те дена од неговото претседателствување, објави дека „ниту една администрација не постигнала повеќе“ во првите 90 дена. CNBC одговори дека тој има уште многу работа да заврши ако сака да ги постигне своите цели, а има уште малку време (100-дена му поминаа на 29 април). Трамп влезе во Белата куќа ветувајќи брза реформа во управата – поништување и замена на Obamacare, нова даночна политика, ремонт на инфраструктурата, запирање на илегалната имиграција,

справување со корупцијата, анулирање на „лошите“ трговски договори, укинување на одредени регулации како и против мерки кон Кина поради нејзините трговски практики. Белата куќа се концентрираше на напорите за создавање работни места, олеснувањето на регулациите – вклучително во енергетскиот сектор, плановите за зголемување на расходите за одбрана и на мерките во сферата на националната безбедност. „Тимот на Трамп се обидува да ги претстави неговите укази, што често се само симболични или само ги насочуваат агенциите кон преиспитување на политиките, како политички победи“, вели Џон Худак од Брукингс. Но, тој смета дека во крајна линија претседателот Трамп ќе биде оценуван според големите ветувања, што бараат поддршка од страна на Конгресот – како даночната реформа, промените во здравствената заштита и финансирањето на инфраструктурата.

CNBC направи преглед на тоа како Трамп се справил со некои од неговите клучни ветувања:

XПоништување X и замена на Obamacare: Првиот обид да се замени здравствениот закон на Обама пропадна, зашто републиканците не успеаја да балансираат меѓу барањата на своите конзервативни и умерени членови. Сега Трамп бара уште едно гласање на ревидираниот предлог-закон. XДаночна X реформа: Од февруари наваму Белата куќа испушти неколку крајни рокови за претставување на даночниот план. Пропаѓањето на здравствениот закон го принуди министерството за финансии да признае дека ќе биде тешка задача реформата да се протурка до август. XСтимулирање X на вработеноста: Рано е да се каже дали

ТРАМП: СЕВЕРНА КОРЕЈА НАЈГОЛЕМ ПРЕДИЗВИК



www.kapital.mk

Капитал број 914 05.05.2017

46

СВЕТ БИЗНИС И ПОЛИТИКА

администрацијата ја подобрила ситуацијата со економскиот раст и со создавањето нови работни места. И покрај тоа што Трамп си припишува дел од корпоративните најави за инвестиции, многу од овие одлуки се донесени пред тој да ги добие изборите. XИзградбата X на ѕидот и неговото плаќање од страна на Мексико: Трамп даде указ со што го почна процесот за изградба на ѕид по границата со Мексико. Белата куќа планира да побара финансирање од Конгресот, иако претседателот тврдеше дека Мексико ќе ја плати изградбата. XПланот X за уништување на Исламската држава: Трамп ветуваше дека ќе побара од генералите создавање на план за уништување на „Исламската држава во Ирак и Левант“ во рамките на 30 дена од неговото стапување на должноста. Но, засега неговата стратегија не се разликува од онаа на Обама, освен тоа што нареди напад врз сириските владини сили поради обвиненијата дека употребиле хемиско оружје. XЗасилени X мерки против имигрантите: Трамп потпиша указ со кој времено се забрани влегувањето во САД на граѓани од седум муслимански држави. Оваа мерка и нејзината ревидирана верзија завршија по блокирањето од страна на судот. XПредоговарањето X на NAFTA: Претседателот на САД објави намера одново да се преговара/договара за NAFTA (северноамериканскиот договор за слободна трговија), и повеќепати го критикуваше Мексико, па дури и Канада за тоа што тој го нарекува „трговски злоупотреби против американските работници“. Трамп, исто така, издаде указ за повлекување на САД од TPP (транспацифичкото партнерство).

5 КЛУЧНИ РАБОТИ ЗА ТРАМП ВО СЛЕДНИТЕ 100 ДЕНА Претседателот Доналд Трамп ќе ги помине следните 100 дена обезбедувајќи се да го направи она што самоуверено го предвиди дека ќе го постигне на почетокот на својот мандат. Во следните три месеци Трамп го чекаат политички борби кои ќе го тестираат дали научил нешто од своите изминати грешки и дали може да се најде начин својата волја да ја спроведе својата волја преку Конгресот. Трамп се соочува со неколку продлабочени кризи во странство, а најголема во моментов се чини онаа со Северна Кореја и нивната

нуклеарна и ракетна програма. Во следните 100 дена Трамп ќе се појавува во странство во својство на претседател и тогаш можеби ќе стане појасно што значи она што го зборуваше во текот на кампањата дека Америка ќе биде на прво место.

ЕВЕ 5 РАБОТИ ОД КОИ ЌЕ ЗАВИСИ МАНДАТОТ НА ТРАМП ВО СЛЕДНИТЕ 100 ДЕНА. XОБАМАКЕР X Еден од најгорливите проблеми на САД во следните 100 дена се очекува да биде Обамакер. Се очекува Трамп да пронајде начин како да го спроведе во пракса, иако во кампањата најавуваше негово укинување веднаш штом дојде на власт. Главната опозиција не дојде од Демократите, туку од неговата Републиканска партија. Доколку Трамп не најде начин како законот за Обамакер да го помине “мазно” во Капитол Хил, и следните 100 дена ќе бидат јалови што се однесува до ова негово ветување. XДАНОЧНА X РЕФОРМА Даночната реформа може да се покаже уште покомплицирана од проблемите со реформата на здрваствениот систем. Нацрт планот кој беше објавен минатата недела вклучува големи даночни олеснувања за големите корпорации и за најбогатите Американци, а следните месеци Трамп ќе мора да најде начин оваа реформа да ја продаде на американскиот народ. Да се добие поддршката на јавноста ќе биде

тешка работа, но спроведувањето на даночните реформи ќе биде уште потешка. XИЗГРАДБА X НА ЅИД КОН МЕКСИКО Способноста на Белата куќа да управува со Конгресот исто така ќе биде тестирана кога ќе почне да го подготвува буџетот за 2018 година, во кој се предвидуваат големи кратења на буџетите на Стејт Департмент и Агенцијата за заштита на животната средина. Голем предизвик ќе биде да обезбеди пари за изградба на ѕидот кон Мексико кој го најавуваше во предизборната кампања. Многу конзервативци се против залудното трошење на пари за оваа намена за подигање на ѕид за кој Трамп вети дека ќе го плателе Мексиканците. XТЕНЗИИ X СО СЕВЕРНА КОРЕЈА Главните предизвици на Трамп во следните 100 дена на наворешен план ќе бидат поврзани со конфронтацијата со Северна Кореја. Ќе се види дали неговата политика за притисок врз Кина функционира. Ако се случи уште една нуклеарна проба ос страна на Северна Кореја би можело да доведе до ескалација на кризата, но и до можна нуклеарна војна. XЕВРОПА X На Трамп во следните неколку месеци му претстојат неколку патувања во Европа, која се чини се уште се обидува да го процени новиот американски претседател после навредливите коментари за Европската Унија и НАТО во текот на предизборната кампања. nnn

ОБАМАКЕР: ТРАМП СЕ УШТЕ МИСЛИ КАКО ДА ГО УКИНЕ



www.kapital.mk

Капитал број 914 05.05.2017

48

ЛИДЕРИ

РЕКОА ЗА... ПРОБЛЕМИТЕ

П

овеќето проблеми во животот се заради две причини: делуваме без да размислиме или пак, мислиме многу без да делуваме, рекол некој паметен. Проблеми има секој, но тие не се главниот “проблем“, туку каков е нашиот став за нив.

Секој успех е само купување билет за влегување во уште потежок проблем.

Проблемите не се решаваат само со отстранување на причината, туку и со наоѓање начин да се оди напред и покрај тоа што причината останала.

ЕДВАР ДЕ БОНО

мотивациски автор и лекар

ХЕНРИ КИСИНЧЕР

американски политичар и дипломат

Ако единствена алатка што ја имаш е чеканот, тогаш секој проблем ќе го гледаш како клинец.

Би рекол дека најголем проблем целиот мој живот беа парите. Требаше многу пари за овие соништа да станат стварност.

ВОЛТ ДИЗНИ

американски аниматор

АБРАХАМ МАСЛОУ американски психолог и автор

Кога ќе се конфронтираш со проблемот всушност почнуваш да го решаваш.

Ние сме несовршени суштества во многу несовршен свет, може да сметаме само на тоа дека работите ќе тргнат на лошо, и дека секој од нас ќе има проблеми.

БОБ ПАРСОНС

американски интернет претприемач

РУДИ ЏУЛИЈАНИ

поранешен градоначалник на Њујок



www.kapital.mk

Капитал број 914 05.05.2017

50

ЛИДЕРИ

ЏИМИ ВЕЈЛС ОСНОВАЧ НА WIKIPEDIA ВО ВРЕМЕ НА ЛАЖНИТЕ ВЕСТИ, ВИСТИНСКИТЕ ФАКТИ НИ ТРЕБААТ КАКО НИКОГАШ ДОСЕГА!

Џ

Џими Донал “Џимбо“ Вејлс (50) е американски интернет претприемач, познат како коосновач и промотор на непрофитната онлајн енциклопедија Wikipedia, и профитната компанија Wikia специјализирана за веб хостирање. Деновиве стана актуелен со

Суштината на Wikipedia е нешто во што луѓето би верувале безрезервно. Затоа проектот е многу скапоцен за некој да го упропасти.

Луѓето не се во основа лоши. Треба само малку коректив за онаа мала група што сака да ја зафркне целата заедница.

Во време на лажните вести, вистинските факти ни требаат како никогаш досега.

Нештата одат добро кога група луѓе се знаат меѓусебно, а не функционираат кога се собрани случајно во интеракција.

намерата да создаде информативен сервис наречен Wikitribune, кој што ќе нуди исклучиво неутрални и со факти поткрепени вести, со што ќе придонесе во борбата со лажните информации со кои што интернет сферата е преплавена секојдневно.

Слободниот говор го вклучува и правото да не зборуваш воопшто.

Тоа што сум некој вид на селебрити, не баш вистински селебрити, не ми е баш пријатната страна на тоа што го работам.

Луѓето прават забавни и интересни нешта, затоа што и самите се забавни и интересни.

Ако нешто не е на Google, значи не постои.




Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.