915 kapital magazin

Page 1

COVER STORY ЕКОНОМСКИТЕ ПРИОРИТЕТИ НА НОВАТА ВЛАДА

ПОЛИТИКА СО НОВАТА ВЛАДА ВО БРЗА ЛЕНТА КОН НАТО И ЕУ !

ИНТЕРВЈУ: МАЈК БАУР ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ИНВЕСТИТОРИ ВО СТАРТАПИ ВО ШВАЈЦАРИЈА

Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

WWW.KAPITAL.MK

INTERVIEW

КИРЕ НАУМОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА КОМИСИЈАТА ЗА ФИНАНСИИ НА СДСМ

АМНЕСТИЈА НЕМА ДА ИМА, КРИМИНАЛОТ Е МЕЃУНАРОДЕН! СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

ТЕЛЕКОМУНИКАЦИИ

ТРЕНДОВИ НА ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИОТ ПАЗАР

БРОЈ 915 | ЦЕНА 100 ДЕН. 12 МАЈ 2017 | ПЕТОК | ГОДИНА 18

ШТО КОГА КОНКУРЕНЦИЈАТА СЕ MESSENGER, VIBER И WHATSAPP?



3

Капитал број 915 12.05.2017

СОДРЖИНА

04 04

ПРОФИЛ

06

НАВИГАТОР

08

COVER STORY

14

08 24

Кој е Емануел Макрон и за што се залага? Земјоделците ги чекаат парите од субвенциите

28

КАПИТАЛ АНАЛИЗИРА Економските чекори на новата влада

36

INTERVIEW

КИРЕ НАУМОВ

претседател на Комисијата за финансии на СДСМ

Амнестија нема да има, криминалот е меѓународен!

ЗАСУКУВАЊЕ РАКАВИ Пораките кои деновиве доаѓаат од меѓународната заедница, но и најавите од парламентарното мнозинство, упатуваат дека во прашање се денови кога Македонија и официјално ќе добие нова влада. И додека се анализираат политичките сценарија како и кога тоа ќе се направи, Капитал ги анализира економските сценарија во кои ќе делува идната влада и кои треба да бидат приоритетните економски чекори. Повеќе од јасно е дека следи период во кој треба да се носат тешки економски одлуки, да се стави под контрола јавниот долг, да се враќаат милионските кредити кои стигаат за наплата, но истовремено да не се задуши економскиот раст. XX Стр. 8

АНАЛИЗА

Како работеа државните компании во 2016 година?! Државните компании со загуба од 35 милиони евра

20 39

ЕКСКЛУЗИВНО МАЈК БАУР

ко - основач на Swiss Startup Factory и еден од најголемите инвеститори во стартапи во Швајцарија

ТЕЛЕКОМУНИКАЦИИ

Трендови на светскиот и домашниот телекомуникациски пазар Што кога конкуренцијата се Messenger, Viber и WhatsApp? n Што е следното големо нешто во телеком услугите n

ПОЛИТИКА

Сè поповолни околности за одблокирање на евроатланските интеграции на Македонија

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

48 50

Не е доволен само добар продукт, мора да имате и добар тим!

ЛУЃЕ И КОМПАНИИ Рекоа за... владата

ЛИДЕРИ

АРОН ЛЕВИ

директор и ко-основач на Box

Преземај ризици и пропадни брзо. Побрзо ќе ја поправиш грешката

СЕКОЈА ЧЕТВРТА ДРЖАВНА ЗАГУБАР

ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАВА ВО НАТО?!

Државните компании минатата година направиле загуба од 35,4 милиони евра. Дури 31 од вкупно 120 државни фирми, минатата година работеле со загуба, покажаа податоците што ги објави Центарот за граѓански комуникации. Останатите 89 анализирани компании од јавниот сектор, пак, работеле профитабилно и имаат вкупна добивка од 62 милиони евра. Најголем загубар минатата година, со минус во билансот на успех од 11,2 милиони евра е АД Македонски Железници Транспорт, најпрофитабилно е Јавното претпријатие за државни патишта со добивка од 33,6 милиони евра.

Забрзување на евроатланската интеграција на Македонија треба да се очекува по формирањето на новата влада, најавуваат сигналите што периодов доаѓаат од Брисел, од Вашингтон, од Атина и од останати релевантни адреси. Дека за ова се свесни повиканите центри извесна потврда дадоа информациите оти официјална Атина се подготвува за нов бран притисоци кон неа, за побрзо решавање на спорот за името со Македонија, а при став дека поради опасноста од дестабилизација на земјава Западот се ангажира за забрзување на нејзиното примање во НАТО.

XX Стр. 20

XX Стр. 28

Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје l Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31 l П. ФАХ 503, 1000 Скопје l Директор и одговорен уредник: Љупчо Зиков l Печати: Графички центар Скопје, ул. Скупи бб, 1000 Скопје l Тираж: 3.000 примероци l Датум на печатење: 11.05.2017


Капитал број 908 24.03.2017

www.kapital.mk

PROFILE 4

НОВИОТ, МЛАД ФРАНЦУСКИ ПРЕТСЕДАТЕЛ, КОГО ГО СПОРЕДУВААТ СО НАПОЛЕОН

КОЈ Е ЕМАНУЕЛ МАКРОН И ЗА ШТО СЕ ЗАЛАГА?

Категориите лево и десно се минато, ветува новиот претседател на Франција, кој тврди дека „од самиот почеток ги штити интересите на оние кои работат, дејствуваат и создаваат, со двојна амбиција нештата да станат полесни за занаетчиите, за фармерите, за трговците, за административците, а поддршка да добијат оние кои се во тешка положба“

МАРКОН: НЕ ОЧЕКУВАЈТЕ ЧУДО, НО НЕМА ДА НЕД


www.kapital.mk

Капитал број 915 12.05.2017

5

Н

Новоизбраниот претседател на Франција, Емануел Макрон, е роден на 21 декември 1977 година во градот Амиен. Има диплома од елитниот Институт за политички науки во Париз, и магистратура по философија од престижниот Париски универзитет во Нантер. Се обучувал за менаџирање во државната администрација во елитната Национална школа за администрација, на која се подготвуваат водечките француски државници. Макрон бил инспектор во Министерството за економија на Франција од 2004 до 2008 година, а после тоа работел четири години во банката Ротшилд. Во 2012 година се приклучил на тимот на претседателот Франсоа Оланд. Министер за економија стана во 2014 година, а минатото лето поднесе оставка на функцијата за да се посвети на сопствената политичка амбиција и го создаде движењето наречено „Напред!“. Новиот претседател на Франција е проевропски настроен, но според него земјата, заедно со Германија, треба да работи за Европа што ќе им овозможува поголема социјална заштита на своите граѓани. Макрон тврди дека Европската унија има потреба од нова лидерска основа формирана од Париз и од Берлин. За ЕУ тој предлага, веќе по парламентарните избори во Германија оваа есен, во целата Унија да бидат организирани демократски конвенции што би довеле до европски проект кој ќе биде прифатен од сите држави што со него ќе се сложат. Според Макрон еврозоната треба да има сопствен буџет, парламент и министер за финансии, што би значело и промена на европските договори. Тој смета дека ЕУ треба да биде во можност да распореди 5000 европски граничари по надворешните граници на Шенген, и предлага европски фонд за финансирање и за развој на европска воена опрема и оружје, што државите членки би ги делеле меѓу себе. Во борбата со тероризмот Макрон бара засилување на капацитетите на полицијата и на армијата, како и на разузнавачките служби. Против меѓународниот тероризам тој предлага француските операции против екстремистите во Сирија и во Ирак да продолжат. Се залага за зголемување на буџетот за француската одбрана до најмалку 2% од БДП до 2025 година, во однос на сегашните 1,78%, што е во согласност со целите поставени од НАТО. Во делот на надворешната политика, Макрон бара да се врши меѓународен притисок врз сирискиот претседател Башар

Асад и да се задржат санкциите против Русија наметнати поради Украина. По прашањето на миграцијата новиот француски претседател ветува молбите за азил, вклучително и обжалувањата на одлуките на властите, да бидат разгледувани за помалку од шест месеци. Во социјалната и економската сфера Макрон предлага обединување на режимите на пензионирање и префрлање на обезбедувањето против невработеност (сега управувано од социјалните партнери) кон државата. Центристот планира да укине 120 илјади работни места во државната администрација, но тоа да не го засегне болничкиот сектор. Тој планира да создаде 10 илјади нови работни места за полицајци, и меѓу 4000 и 5000 за наставници. Макрон вети во наредните три години да ослободи 80% од домаќинствата од станбените даноци, и да го претвори данокот на богатство во данок на недвижен имот од кој ќе биде исклучена финансиската состојба на обврзникот. Тој предлага намалување на даноците за физички лица и за компании за по 10 милијарди евра, што ќе биде придружено со намалување на трошоците за администрацијата за 60 милијарди евра, кое пак

ДОСТАСУВА ОДЛУЧНОСТ

главно ќе биде овозможено преку промени во програмите за социјално и здравствено осигурување. Во однос на француските институции Макрон планира да побара од пратениците чисто судско досие и да го ограничи до три бројот на последователни мандати. Инаку, покрај програмата и предизборни ветувања, голем интерес предизвикува и приватниот живот на Макрон. Тој десет години е во брак со Брижит Макрон која е 24 години повозрасна од него. Двајцата се сретнале во гимназијата во Амиен каде тој учел, а таа предавала француска литература и ја водела театарската секција. Во тоа време Брижит, која е од семејство што традиционално произведувало слаткарски и чоколадни производи, била мажена и имала три деца – две девојчиња и син. Љубовта меѓу Емануел и Макрон се јавила кога заедно работеле на претстава. Поради противење на блиските на Макрон, тие се разделиле со Брижит, но подоцна, кога таа веќе се развела, ја обновиле врската. Брижит Макрон често присуствуваше на предизборните активности на својот сопруг. И двете нејзини ќерки од првиот брак, исто така водеа кампања за поддршка на Макрон. Емануел и Брижит немаат деца, но таа има седум внучиња. nnn


www.kapital.mk

Капитал број 915 12.05.2017

6

НАВИГАТОР ИЗЈАВА НА НЕДЕЛАТА

ИЗВОЗОТ ВО ПРВИТЕ ТРИ М

> БРОЈКА

13,5% е намален извозот на храна од Македонија во првите три месеци годинава, додека увозот на храна во истиот период се зголемил за 8,4%

Да си американски претседател е како да живееш во еден убав затвор, нема мрдање како што ќе ти текне.

БАРАК ОБАМА

поранешен претседател на САД

В

о првите три месеци годинава извозот на стоки и услуги на Македонија во странство достигна 1,28 милијарди евра, што е раст од 14,7% во споредба со истиот период минатата година. Извозот, пак, за истиот период изнесува 1,5 милијарди евра, и е за 14,5% помал во споредба о првите три месеци изминатата 2016 година. Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари-март 2017, изнесува 72.6%. Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на

УСТАВЕН СУД ОВОЗМОЖИ ИСПЛАТА НА ЗЕМЈОДЕЛСКИТЕ С

ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ГИ ЧЕК ПАРИТЕ ОД СУБВЕНЦИ

У

Уставниот суд донесе одлука со која може да се исплатат субвенциите за земјоделците пред да се формира новата Влада. Одлуката беше донесена со мнозинство, а не едногласно, бидејќи дел од судиите сметаа дека времената мерка која ја донесе Уставниот суд за запирање на извршувањето на два члена од два закона во иднина ќе овозможи коруптивни дејствија во време на

изборниот процес. Судот донесе времена мерка да запре извршувањето на одредбите од Изборниот законик и од Законот за спречување на корупција со кои се забрануваше исплатата на земјоделските субвенции до формирањето на новата Влада, по што ќе следи конечно одлучување дали оваа одредба останува или не во законите. До конечното решение овие делови од двата закона нема да важат. Уставниот суд оваа времена мерка ја донесе откако земјоделското здружение

„Агротиквешија“ поведе иницијатива со која се побара да се оспори членот од Изборниот законик според кој е забранета исплата на субвенции сè до формирање нова Влада. Според податоците, Владата на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ на земјоделците им должи субвенции за 2016 година, а на некои и за 2014 и за 2015 година. Вкупниот долг изнесува 92 милиони евра. Како што пишуваше Капитал, според податоците од завршните сметки на буџетите, од 2008 до 2015 година,


www.kapital.mk

МЕСЕЦИ ЗГОЛЕМЕН ЗА 14,7%

Капитал број 915 12.05.2017

катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, фероникелот и облеката. Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали, другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав и електричната енергија. Во првите три месеци годинава Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија, и Бугарија.

7

мисла на неделата

> БРОЈКА

Неуспехот е добра работа, сè додека не прерасне во навика.

49%

Мајкл Ајзнер поранешен шеф на Disney

од целиот македонски извоз во првото тромесечие е кон Германија

лидери

СУБВЕНЦИИ

КААТ ИИТЕ вкупно за субвенции во земјоделството биле предвидени 750 милиони евра, но се исплатиле 623 милиони евра. Анализата покажа дека во последните неколку години, никогаш парите наменети за субвенции на земјоделството не биле исплатени во целост. Исплатата најмногу потфрлила во 2011 година, кога уделот на реализација е само 62%, односно од планирани 101,7 милиони евра, исплатени биле 63 милиони евра. Но иако субвенциите од државата во земјоделството се зголемени речиси три пати во последните десет години, податоците за земјоделското производство и увозот на храна покажуваат дека оваа аграрна политика на државата не ги даде очекуваните резултати. Статистиката бележи намалување на производството кај најголем дел од земјоделските култури, а увозот на храна за десет години е зголемен двојно. Дел од земјоделците и агро - експертите сметаат дека субвенциите не ги дале очекуваните резултати поради нивна погрешна распределба, недоволна едукација на земјоделците и слаба реализација на планираните суми, но и партиска распределба на субвенциите. Професорот Јован Аждерски од Катедрата за агроекономика при Факултетот за земјоделски науки и храна изјави дека ефектот од земјоделските субвенции е многу мал и поради тоа според него, мора да се променат неколку работи во моделот на субвенционирање. „Намалувањето на земјоделското производство кај повеќе култури и значителното зголемување на увозот на храна се индикатори што покажуваат дека нешто во моделот на субвенционирање

Сега земјоделците ги чекаат субвенциите од Министерството за финансии. Според податоците, Владата на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ на земјоделците им должи субвенции за 2016 година, а на некои и за 2014 и за 2015 година. Вкупниот долг изнесува 92 милиони евра. не штима. Прво, сметам дека намената на парите од субвенциите е погрешна, односно тие пари малку се вложуваат во модернизирање на земјоделското производство со што тоа ќе стане поконкурентно, туку најчесто се користат за социјални потреби. Освен тоа, земјоделците не ги добиваат субвенциите во сезоните кога им требаат, што е многу важно. Мора да се направи анализа кои се носечките земјоделски гранки и тие најмногу да се субвенционираат, особено онаа храна што најмногу се увезува“, истакна професорот Аждерски, и додаде дека за да се мотивираат земјоделците да остваруваат подобри приноси, субвенциите треба да се делат врз основа на произведена количина а не по засадена површина. Двете најголеми политички партии во земјава, ВМРО – ДПМНЕ и СДСМ во своите последни изборни програми предвидоа прилично големи суми за субвенционирање на земјоделството во следните четири години. Во програмата на ВМРО – ДПМНЕ пишуваше дека во целиот мандат субвенциите за земјоделството ќе изнесуваат вкупно 600 милиони евра, додека пак СДСМ за оваа намена вети по 160 милиони евра годишно, што е 640 милиони евра за четири годишен мандат. Од СДСМ која што ја составува новата влада, велат дека во земјоделството, партијата предвидува насочување на земјоделските субвенции кон вистинските земјоделци и промена на моделот на субвенционирање. nnn

ЕМАНУЕЛ МАКРОН

со уверливи 66,1% е избран за претседател на Франција – ја „спаси“ Европа од Ле Пен

ТИМ КУК

Apple стана прва американска компанија чија пазарна капитализација достигна 800 милијарди долари

не им беше неделата

АНДРЕЈ ПЛЕНКОВИЌ

хрватскиот премиер стана најнепопуларен политичар во земјата со последните случувања во Владата

ИСА МУСТАФА

косовската Влада падна, а недоверба ѝ изгласа и коалицискиот партнер ДПК на Хашим Тачи


Капитал број 915 12.05.2017

www.kapital.mk

8 COVER STORY COVER STORY

КАПИТАЛ АНАЛИЗИРА

ЕКОНОМСКИТЕ НА НОВАТА ВЛ


www.kapital.mk

Капитал број 915 12.05.2017

9 Пораките кои деновиве доаѓаат од меѓународната заедница, но и најавите од парламентарното мнозинство, упатуваат дека во прашање се денови кога Македонија и официјално ќе добие нова влада. И додека се анализираат политичките сценарија како и кога тоа ќе се направи, Капитал ги анализира економските сценарија во кои ќе делува идната влада и кои треба да бидат приоритетните економски чекори. Повеќе од јасно е дека следи период во кој треба да се носат тешки економски одлуки, да се стави под контрола јавниот долг, да се враќаат милионските кредити кои стигаат за наплата, но истовремено да не се угуши економскиот раст. Просторот за маневар е многу мал, па новата влада ќе треба да одлучи дали ќе продолжи со скапите и популистички политики на дарежливи субвенции или конечно ќе создаде услови и простор компаниите да почнат да инвестираат и да отвораат нови работни места.

Е ЧЕКОРИ ЛАДА

пишува:

П

Биљана Здравковска Стојчевска biljana.zdravkovska@kapital.mk

Пораките кои деновиве доаѓаат од меѓународната заедница, но и најавите од парламентарното мнозинство, повеќе од сигурно упатуваат дека во прашање се денови кога Македонија и официјално ќе добие нова влада. И додека се анализираат политичките сценарија како тоа ќе се направи, дали со или без мандат од претседателот, дали се можни нови насилства во парламентот, многу помалку се анализираат сценаријата во кои новата власт ќе делува на економски план. А токму економските проблеми и темпирани “бомби” оставени од претходната власт можат да бидат најголемата пречка со која ќе се соочи Македонија во следниот период Во изминатите 10 години владеење на ВМРО-ДПМНЕ, главните економски и социјални политики беа базирани на многу дарежливи субвенции и трансфери од државната каса кон земјоделците, пензионерите и многу други категории на граѓани, но и кон големи субвенции и помош на странските инвеститори, како и големи трошења за непродуктивни цели како споменици, фасади, плоштади... Државата е веќе длабоко и директнo влезена во бизнис секторот, како најголем работодавач и обезбедувач на бизниси преку јавни тендери во вредност на над милијарда евра, но исто така и како најголем позајмувач од банките во износ од 300 милиони евра само годинава, истиснувајќи ги на тој начин приватните компании од домашниот финансиски пазар. Кој и да застане на чело на ресорот финансии, како чувар на државната каса, ќе има полни раце работа. Високата задолженоста на Македонија која веќе надмина 50% Бруто домашниот производ (БДП) и буџетскиот дефицит во буџетот од 3% од БДП прилично го ограничува маневарскиот простор за финансирање на нови и посериозни економски реформи и мерки. Исто така, не треба да се заборави и големиот неплатен долг на државата кон приватниот сектор, кој според некои неофицијални проценки достигнува до една милијарда евра. Тоа се огромни пари кои бизнисмените, кои досега беа чудно тивки на оваа тема, сега сигурно ќе почнат погласно да ги бараат од новата власт. СДСМ, како најголема партија, ветуваше дека сите мерки кои ќе ги носи ќе бидат во договор и консултацијата со бизнисмените, посебно домашните компании, кои веќе јавно побараа дека ќе инсистираат и тие да добиваат извозни стимулации слично како


www.kapital.mk

Капитал број 915 12.05.2017

10

COVER STORY

Политиката на привлекување на странски директни инвестиции, која ја водеше изминатата власт, базирана на големи субвенции и ослободувања, не успеа да обезбеди поголема поврзаност со домашната економија.

за странските инвеститори, но исто така и на поповолни кредити преку Македонската банка за поддршка за развојот (МБПР) за обновување на нивните застарени производни капацитети. Ако на тоа се додаде и податокот дека во следните три години Македонија треба да враќа кредити кон странство во износ од околу 900 милиони евра, легитимно се поставува дилемата како новата власт ќе успее да најде пари за да ги финансира сите тековни потреби и обврски и како ќе обезбеди пари за сите нови и предизборно ветени мерки и политики. СДСМ, како најголема партија, ветуваше зголемување на даноците, посебно за најбогатите, но оваа мерка нема да има некој поголем фискален приход во буџетот, чиј најголем полнач е данокот на додадена вредност (ДДВ). Повеќе од јасно е дека новата влада ќе мора најпрво внатре во државната каса да ги пронајде резервите и да ги скрати сите оние нерационални ставки кои беа нереално напумпани во изминатиов период. Но, експертите предупредуваа дека кратењето на државните расходи мора да се прави многу паметно и бавно, за да не се предизвика дополнителна контракција и забавување на економската активност. Ако се знае дека над 60% од буџетот на Македонија се троши за социјални трансфери и плати на јавна администрација, кои се ставки кои се загарантирани и поткрепени со закон, тогаш повеќе од јасно е дека прво како и досега ќе страдаат капиталните расходи и инвестициите во инфраструктура, што од друга страна може да ја забави економската активност, посебно градежниот сектор кој досега најмногу го “билдаше” растот на БДП. Како и да е следува период на многу тешки одлуки. Токму затоа економскиот тим на новата влада мора биде составен од луѓе, кои пред с’ се стручни и имаат искуство во решавање на реални проблеми, а не луѓе на кои политичката припадност ќе им биде најголемиот квалитет. Луѓе кои ќе треба многу паметно и рационално да ги постават приоритетите на економски план Капитал консултираше неколку економски професори и експерти oколу тоа кои треба

да бидат економските приоритетите на новата влада. Речиси сите се согласни дека новата власт пред да почне со било какви економски мерки, ќе мора да поработи на враќање на довербата и кредибилитетот во институциите, која е прилично нарушена. Стабилизацијата на јавните финансии и деловното окружување, како и ставањето под контрола на јавниот долг, на краток рок се наметнуваат како уште еден приоритет. “Главниот приоритет на краток рок останува за биде стабилизацијата на деловното окружување, не само низ призмата на политичката криза, туку и стабилизација на институционалниот поредок. Новата влада ќе мора итно да преземе чекори за враќање на кредибилитетот на институциите, и со тоа на довербата на граѓаните во нив. На долг рок, би рекол дека треба да отвориме поширока дебата во општеството и од таквата дебата да произлезат долгорочните приоритети. Според моето убедување, приоритет треба да биде инвестирањето во долгорочните фундаменти на економскиот раст, првенствено во квалитетот на образованието и здравствениот систем”, вели Марјан Петрески, професор на Американ колеџ. Петрески потенцира дека е строго против ад хок решенија, но и ад хок укинување на претходни решенија, па колку и тие да изгледаат лоши. “Всушност, во приоритизацијата и дизајнирањето на политиките и мерките треба еднаш засекогаш да се напушти пристапот на инстантни решенија, принцип на обиди и грешки и сл. Напротив, секој дизајн, редизајн или укинување на некоја политика треба да се базира на аналитички докази. Ако новата влада воведе таков принцип, тогаш навистина ќе понуди поинаков и поробустен пристап во владеењето”, смета тој. Кога станува збор за тоа дали треба да има измени во економската политика, посебно во делот на даночната политика и политиката на привлекување на странски инвестиции, повеќето експерти се согласни дека сите потези мора добро да се промислат и да се има детални пресметки за ефектите и трошоците кои ќе ги донесат.

“Дали е потребна даночна прогресија, останува големо отворено прашање. Доколку се инсистира на такво решение, тогаш ќе мора да се понудат детални пресметки за тоа кои се оптималните даночни стапки, кои ќе го зголемат буџетскиот приход, но кои нема да предизвикаат негативни ефекти за пазарот на труд, даночна евазија итн. Дополнително, вишокот прибрани средства од прогресивен данок ќе мора да се канализираат до најсиромашните, за да трансферната функција на буџетот која би работела во насока на сузбивање на потенцијалната доходна нееднаквост, да биде ефективна. Тука е важно да се напомене дека според последните податоци, доходната нееднаквост во Македонија бележи намалување, главно поради зголемувањата на пензиите, социјалната помош, земјоделските субвенции кои беа карактеристика на владата на ВМРО-ДПМНЕ. Но, тоа ја потхрануваше и неактивноста на пазарот на труд. Затоа, не е доволно ако се рече дека ќе се воведе прогресивен данок, туку е потребно да се разјаснат сите овие ефекти од таквото потенцијално воведување”, објаснува Петрески. Павле Гацов, претседател на Здружението на даночни советници смета најприоритетен проблем на новата влада ќе биде средувањето на јавните финансии, проследено со мерки за враќање на домашната економија во нормалните текови со намалување и запирање на задолжувањето и отворање на процес на раздолжување. Тој исто така предлага дека е потребна евалуација на политиката на рамен данок. “Десет години од неговата примена е доволно време за вреднување на сите предности и недостатоци на рамниот данок. Прогресивното оданочување кај персоналниот данок на доход може да ја елиминира потребата на сегашната даночна власт, приходите на граѓаните да се вклучуваат и во режимот на ДДВ. Најголемиот дел од даночните ослободувања кај персоналниот данок на доход треба да се укинат. Кај данокот на добивка е потребно целосно реуредување,

ПРВ ЧЕКОР: СТАБИЛИЗАЦИЈА НА ЈАВНИОТ ДОЛГ


www.kapital.mk

Капитал број 915 12.05.2017

11 елиминирање на некои ослободувања кои се непотребни и може да се решат на друг начин”, вели Гацов. Даночниот советник Гацов има и предлог до новата власт да размисли и со повисока даночна стапка да го опфати профитот на финансиските институции, кои, според него, заради нерегулираните каматни маржи ги извлекуваат парите од македонските економски субјекти и граѓани во своја и во корист на своите странски сопственици. Во делот, пак, на субвенционираното вработување, Гацов вели дека потребно е да се направи целосна контрола за примената на оваа мерка, заради откриените злоупотреби пи нејзината примена.

Дали ќе продолжат субвенциите за странските инвеститори?

Иако политиката за привлекување на странски инвестиции во изминатиов период имаше големи критики за тоа дека Македонија нема голем ефект од нив, заради големите субвенции и ослободувања кои им ги дава на странските компании, како и заради малите ефекти врз економијата во целост, новата власт нема многу простор за големи измени во овој дел. Помошта и временскиот период во кој се

ослободуваат од плаќање на давачки на странските инвеститори им се дадени врз основа на закон, но и врз основа на договори на кој потписник е државата. Еднострано раскинување и измена на таквите договори повлекува пенали за Македонија како држава. Единствено што е можно е непродолжување на таквите договори, откако ќе заврши периодот од 10 години за колку им се дадени ослободувањата. Но, во таков случај, новата власт ќе треба ќе треба да предложи нов економски модел кој ќе го надомести падот на страната на извозот и зголемувањето на невработеноста, кои секако ќе следуваат доколку странските инвеститори одлучат да си заминат од Македонија. Но, и во овој дел експертите предупредуваат дека новата влада би требало да биде многу внимателна и јасно да ги согледа користа и трошоците од странските инвестиции. Професорот Петрески смета дека политиката на СДИ треба да се задржи. “Секако, задржувањето на политиката на СДИ треба да биде придружено со одредени модификации, во смисла на поттикнување поголемо поврзување на странските со домашните фабрики, значаен напор во делот на затворање на јазот помеѓу

вештините што ги бараат фабриките и вештините кои се нудат на пазарот на труд, и на крајот аспектот на транспарентноста, односно оправданоста на износот што од народните пари се троши за оваа политика”, смета Петрески. Даночниот експерт Павле Гацов смета дека странските инвеститори и понатаму треба да имаат големи даночни ослободувања, особено кај данокот на добивка со продолжување на рокот на ослободувањето, но истовремено треба да се размисли дека укинувањето на ослободувањата кај персоналниот данок на доход, и другите јавни давачки, како комуналии, данок на имот и сл.. Но, според него, новата влада ќе треба да посвети и поголемо внимание на домашната економија, која во изминатиот период беше запоставена за сметка на економијата во зоните, а која се наоѓа во некаква предкризна состојба, со ниска профитабилност, лоша ликвидност, слаба ефикасност, со голема задолженост и со мали извозни можности ... Речиси сите се согласни дека треба да продолжи и да се засили инвестирањето во патната инфраструктура , енергетските проекти и другата инфраструктура. Според Гацов, новата власт треба да размисли да стимулирање на домашните


www.kapital.mk

Капитал број 915 12.05.2017

12

COVER STORY

компании, посебно на ИТ секторот, кој според него, додаваат максимална вредност во надворешно трговската размена. “За ИТ компаниите треба да се обезбеди посебна ИТ зона со сите инфраструктури можности. Тие треба да бидат нови владини “миленичиња”, но овој пат без да им се даваат некакви стимулации, туку со едноставни и евтини владини мерки да се задржат овие млади луѓе во земјата”, предлага Гацов.

Стабилизација на јавните финансии најгорлив проблем

Стабилизацијата на јавните финансии и зголемената на транспарентноста во трошењето на државните пари се наметнуваат како императив кој од новата власт ќе го очекуваат и домашната и меѓународната јавност. Но, тоа е полесно да се каже, отколку да се направи. Бидејќи кога од политиката ќе се влезе во светот на реалноста, ситуацијата може да биде сосем поинаква. Задолжувањето на Македонија со новите потребни задолжување за многу скоро може да достигне 56%. Јавниот долг на Македонија за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ беше повеќе од двојно зголемен. Новата власт ќе треба прво да направи увид колку навистина изнесуваат обврските на државата дома и кон странство, па дури тогаш да направи некој план за санација, водејќи притоа сметка да не претера со кратењата и да не ја загуши економијата, но и да обезбеди пари за редовно враќање на задолжувањата кои доспеваат за наплата. Повеќе од сигурно е дека Македонија ќе и треба ново задолжување на надворешниот пазар од најмалку 600 милиони евра за да може редовно да ги сервисира обврските. Ако дојде до некое влошување на безбедносната и политичката ситуација, тогаш сигурно би следело посериозно влошување на јавните финансии, но доколку следува мирен трансфер на власта не се очекуваат проблеми во областа на јавните финансии и посебно со редовното враќање на државниот надворешен долг. Но, за да се стави под контрола понатамошното зголемување на јавниот долг, Македонија мора да остварува поголеми стапки на економски раст отколку што се каматите кои ги плаќа за странските кредити, или пак буџетскиот дефицит како процент од БДП да биде помал од каматите на странското задолжување.

Сите се согласни дека инвестициите во инфраструктура мора да продолжат, но во услови кога 60% од буџетот се троши за социјала, плати за буџетари и пензии, единствена ставка за кратење остануваат капиталните расходи.

Професорот Петрески не очекува значајни проблеми, имајќи предвид дека кондицијата на буџетот не е толку лоша, дури и во овие месеци на интензивна политичка криза. “Меѓутоа, информациите коишто не се познати, а коишто главно се сведуваат на потенцијално постоење преземени, а неизмирени обврски од страна на државата, може да претставуваат значаен проблем. Очекувам дека новиот министер за финансии ќе ја соопшти ваквата цифра, доколку такви обврски има, уште во првата недела од мандатот. Потоа, доколку вакво нешто постои, ќе мора да се размисли како тие обврски ќе се измират, за што претпоставувам неопходно ќе биде ново задолжување, заедно со обврските кои доспеваат по постојниот долг”, вели Петрески. Според него, новата влада ќе мора да го подобри кредибилитетот на управувањето со јавните финансии, за што очекувам дека ќе се формира Фискален совет. Павле Гацов смета дека со ваква економија, која во последните пет години имаше просечен годишен економски раст од 2,4%,Македонија може да има сериозни проблеми за редовно сервисирање на јавниот долг. “Нискиот економски раст во однос на висината на каматните стапки според елементарна математичка формула влијае на постојано зголемување на нивото на долгот. Од друга страна, циклусите на враќање на главниот долг ќе предизвикуваат сериозен удар на јавните финансии поради што истото нема да

може да се прави без ново задолжување. Потребно е да се направи договор со ММФ за стабилизирање на состојбата со долгот од една страна и со Светска банка и другите кредитори за премостување на најтешкиот период од 5-7 години колку што е потребно за стабилизирање на состојбата со јавниот долг”, смета Гацов и додава дека новата влада истовремено ќе треба да размисли и да го реструктуира и долгот на државата кон домашните кредитори. Како и да е, можеби најтешката задача и најголем предизвик на новата влада ќе биде да го врати оптимизмот кај економските агенти, односно кај населението и фирмите, дека е можно водење бизнис и заработување во Македонија без да сe биде под патрон на партијата на власт или државата. Она што експертите сугерираат дека и е потребно на Македонија е малку оптимизмот, кој ќе додаде ветер на економскиот раст, ќе ги ослободи стегите на приватниот сектор и во разумен рок ќе овозможи тој да биде носител на растот. Понатаму ќе остане големата болка за која досега за жал ниту една власт не успеа да најде лек, а тоа е како македонската економија и компаниите да станат поконкурентни на глобализираниот светски пазар и како да изградиме вистинска пазарна економија со слободни пазари на кои ќе може да влезе и да почне бизнис секој кој има желба и идеја, а не само оние кои имаат врски и заштита од партијата на власт. nnn


НЛБ Станбени кредити

Твој дом, твоја слобода! Аплицирајте за НЛБ Станбените кредити до 31 - ви мај и искористете ги промотивните поволности! • Без трошоци за проценка. • Без трошоци за одобрување за сите Ризико станбени кредити и 50% пониски манипулативни трошоци за останатите Станбени кредити. • Пониски каматни стапки и поповолни услови за приматели на плата во Банката. • Бесплатна полиса за осигурување на станот за првата година. • Бескаматен Happy + инстант кредит за опремување на станот. • Бесплатна Visa Classic и Mastercard Standard кредитна картичка.

www.nlb.mk www.nlbtb.mk

Контакт центар: 02 / 15 600


Капитал број 915 12.05.2017

14 ИНТЕРВЈУ INTERVIEW

www.kapital.mk

КИРЕ НАУМОВ

ПРЕТСЕДАТЕЛ НА КОМИСИЈАТА ЗА ФИНАНСИИ НА СДСМ

АМНЕСТИЈА НЕМА ДА ИМА, КРИМИНАЛОТ Е МЕЃУНАРОДЕН! Одговорност за злоупотребите мора да има. Било каква амнестија за злоупотребите ќе значи отворање на вратите за враќање на системот против кој се боревме сите изминати години. Тоа ќе значи и политичко самоубиство на идната власт. Покрај политичката волја, која е неспорна кај новата влада, за оваа операција ќе ни биде потребна и меѓународна помош, за која сум сигурен дека ќе ја добиеме. Ние си имаме работа со луѓе од овој режим кои учествувале во меѓународен криминал и затоа меѓународно мора да ги третираме. И затоа уште еднаш тврдам дека амнестијата е невозможна, дури и доколку некој тука кај нас помисли на такво нешто.


www.kapital.mk

Капитал број 915 12.05.2017

15


www.kapital.mk

Капитал број 915 12.05.2017

16

ИНТЕРВЈУ

разговара:

Биљана Здравковска Стојчевска

И

biljana.zdravkovska@kapital.mk

XИнтервјуто X го правиме десетина дена по крвавите насилства во Парламентот. Која е Вашата перцепција во кој правец оди Македонија? Можни се ли нови насилства? На кој начин можеме да продолжиме по ова очигледно рушење на највисокиот законодавен дом? Настаните од 27 април се резултат и кулминација на начинот на кој Никола Груевски владееше сите изминати години. Да не заборавиме дека самиот Груевски де факто стана претседател на неговата партија по насилните случувања во хотелот Панорама, без разлика колку времето покажа дека е тоа фингирана претстава. За голема среќа на сите нас, но најмногу и на присутните пратеници од парламентарното мнозинство, во тој момент во Собранието, немаше жртви. Со тоа не успеа да се реализира и болното сценарио за поголеми судири, особено на меѓуетнички план и прогласување на вонредна состојба. Сега следува период на формирање на новата влада и апсолутнo веќе не очекувам било какви насилства. Се надевам тоа е така, иако мислам дека на некои болни умови сега им е жал што Заев и Села не се мртви. Ќе следи период на правна разврска за сите инволвирани во креирањето и спроведувањето на овој неуспешен обид за државен удар. Инаку длабоко сме свесни за предизвиците кои претстојат во наредниот период. Најголем предизвик е изнаоѓањето на баланс помеѓу огромната поларизираност во нашето општество, која со години вештачки, преку медиумските полтрони на Никола Груевски, беше креирана. Ние ќе понудиме концепт, платформа, врз основа на која ќе изградиме праведно општество со фер и чесни правила кои подеднакво ќе важат за сите. Токму тоа за првпат и го понудивме на овие избори, кога СДСМ како партија се обрати кон сите граѓани, без разлика на која етничка заедница припаѓаат. Мора да се истакне зад овој концепт прв застана претседателот на СДСМ, Зоран Заев. Она што треба да го научиме од минатото е тоа дека национализмот не е никогаш вистинскиот одговор. Изолацијата е погрешен избор, затворањето во своите етнички ѕидови исто така. Македонското општество и граѓаните заеднички ќе ги надминат последиците од обидот за државен удар и ќе ја променат погрешната насока по која се движеше

Владата ќе се формира во најбрз можен рок. Oчекувам дека ќе имаме мирен трансфер на власта. Пред новата влада претстои многу работа и затоа е битно што порано да се формира и со тоа институциите да се одблокираат. Тоа е пред се од значење за граѓаните. нашата држава Македонија. За сите граѓани следува светла перспектива и многу поспокоен период. XМеѓународната X заедница очекува во Македонија да се формира Влада во најбрз можен рок. Какви се вашите очекувања околу новата Влада и трансферот на власта? Владата ќе се формира во најбрз можен рок. Веќе помина многу време од изборите на 11 декември. Ние како парламентарно мнозинство бевме повеќе од трпеливи во изминатиот период и сега кога работите се јасни нема потреба од одолговлекување. Пред новата влада претстои многу работа и затоа е битно што порано да се формира и со тоа институциите да се одблокираат. Тоа е пред се од значење за граѓаните. Инаку, очекувам дека ќе имаме мирен трансфер на власта, по теркот на примопредавањето на кабинетот помеѓу Трајко Велјановски и новиот претседател на Собранието, г-динот Талат Џафери. XБевте X кратко во Министерството за финансии како дополнителен заменик министер. Ако зборувате како економист, што ја очекува новата влада? Со какви се проблеми реално ќе се соочи кога ќе го преземе управувањето со државните финансии? Ние сме свесни за проблемите со кои ќе се соочиме не само во Министерството за финансии, туку генерално во сите институции. Во сиот изминат период принципот на стручност, беше заменет со принципот на послушност и партиска лојалност. Нема напредок без стручност и професионализам. Но, сепак од моето претходно искуство како дополнителен заменик министер сум оптимист, затоа што помеѓу вработените што ги запознав во Министерството за финансии се уште се останати стручни кадри. Верувам дека и во другите институции исто така се останати стручни кадри на кои ќе можат да се потпрат

министрите во новата влада. Инаку, конкретно на вашето прашање, како најголем проблем во тековното работење со државните финансии е нетранспарентноста. Нетранспарентноста е основата на која понатаму се надоградуваат сите останати проблеми и дубиози. Затоа, во програмата на идната влада јасно е зацртана политиката на голема транспарентност особено при управувањето со државните финансии, политика подржана со конкретни мерки и рокови. XВо X каква состојба е македонската економија, посебно буџетот? Има ли проблем со редовно исплаќање на обврските, субвенциите ...? Колку економијата и компаниите беа погодени од оваа криза во која што предолго и се случува на Македонија? Каква е конкретната состојба со буџетот, со исплатите итн. ќе се знае само кога новиот министер за финансии ќе стапи на функцијата. Како што кажав и претходно, главна одлика во моментот е нетранспарентноста. Но, каква и да биде состојбата, колку голема и да биде дупката, тоа граѓаните не смеат да го почувствуваат единствено како казна за нив. Владата, премиерот и нејзините идни членови, тековно во сите сектори ќе се соочат со наталожените проблеми и ќе ги решаваат. Пред нас е период на структурни реформи, со цел реално подобрување на условите за живот на сите граѓани. Инаку, состојбата во македонската економија ја чувствуваме сите заедно, особено бизнис заедницата. Бизнис заедницата веќе подолг период е во голем грч. Ретко која домашна компанија се осмели во изминатиот период да започне со нова инвестиција, а со тоа и да отвори нови работни места. Затоа за сите планирани реформи што ќе се спроведат, претходно пред да ги ставиме како дел од предизборната програма, за мерките се

Си играа економија, а во позадина се прелеваше капиталот во рацете на фамилијата!

С

ега е потребно веднаш отпочнување на промената на структурата на БДП која ќе треба да се темели на забрзан раст на инвестиции и извоз, за сметка на потрошувачката. За жал, кај нас се покажа дека една божемна десничарска влада во 21 от век сака да имитира социјализам по принципот повисока лажна социјална сигурност, без економска основа и база. Тоа резултира секогаш со дефицити на секое поле и енормен раст на задолжувањата. Тие свесно си играа економија, а во позадината се одвиваше процес на прелевање на капиталот во рацете на фамилијата и останатата ВМРО олигархија.


www.kapital.mk

Капитал број 915 12.05.2017

17

Единствен излез за македонската економија е да во еден подолг период од 6 до 8 години испорачува раст на БДП од над 5%. Ако успееме да при такви стапки на раст обезбедуваме средства со каматни стапки до 3%, веќе би биле на добар пат. консултиравме со претставниците на бизнис коморите во Македонија. Ние сме сигурни дека со мерките кои ќе ги превземеме, особено во делот на поддршката која ќе ја добијат домашните компании од страна на владата, ќе започне циклус на нови реални приватни инвестиции. XФирмите X веќе подолго време зборуваат, најчесто тајно, дека долговите на државата кон стопанството се преголеми. Неодамна еден бизнисмен јавно предложи дека новата влада би требало да се задолжи за нови милијарда евра само за да ги врати долговите кон компаниите? Колку е сериозен овој проблем? Проблемот со неликвидноста во стопанството е многугодишен. Само да ве потсетам дека пред 5 години, иако власта упорно долг период негираше дека Владата должи средства по основ на поврат на ДДВ и доспеани обврски кон стопанството, Груевски одеднаш објави дека државата ќе започне да врши поврат на средства по тој основ. И сега по овие изјави од страна на бизнис заедницата за долговите што ги има државата кон нив, техничкиот министер се обиде да демантира. Повеќе од јасно е дека државата должи многу кон стопанството. И тоа секако дека е проблем, затоа што многу компании соочени со неликвидност се приморани да земаат кредити од банките, за кои плаќаат и камата, а нивните средства

Зголемувањето на даноците оди само кај оние поединци со екстремно високи приходи и оние кои акумулирале огромни средства во недвижнини. се заробени во буџетот. Е тоа е грижата кон македонските компании сите изминати години. Ние во програмата имаме зацртано како обврска дека не само што државата ќе мора да се раздолжи кон компаниите, туку и дека секоја година дополнително ќе се одвојуваат средства од буџетот за домашните компании. Не е возможен економски раст без добростоечки домашни компании насочени кон нови инвестиции и отворање на нови реални работни места. Најконкретно, во разумен рок владата мора да изнајде средства да ги исплати обврските кон компаниите, но и да објави кои компании до сега биле привилегирани, на кои им се плаќало дури и авансно, а кои чекале со години за своите фактури. И секако, да се најдат виновниците во администрацијата за тоа и да одговараат. XМногупати X ги предупредувате банките дека незаконски и позајмуваат на власта меѓутоа повеќето не ги слушаа предупредувањата за ризикот кој го преземаат? Дали во иднина можат да очекуваат и тие да го сносат ризикот ако дојде до нарушување на јавните финансии? Предупредувањето беше кон сите клиенти на домашниот финансиски пазар кои запишуваат државни хартии од вредност, не само кон банките. И тоа беше добронамерно предупредување. Од почетокот на 2015 година задолжувањето

Mораме да си го вратиме местото кое го имавме пред 10 години кога бевме лидери во регионот на нашиот пат кон ЕУ и НАТО. на домашниот пазар зема невидено темпо. Како за пример во јануари 2015 државата по овој основ беше задолжена нешто над 67 милијарди денари, а во јануари 2016 година над 80 милијарди денари. По сите добронамерни предупредувања долгот заклучно со март 2017 година е 83 милијарди денари. Со тоа што би сакал да спомнам дека учеството конкретно на банките во овој долг во последните 15 месеци од 46,25% е намалено на 37,48%. Главната цел, да останат повеќе средства кои банките ќе ги пласираат кон стопанството мислам дека ја постигнавме, а мора да се признае и дека темпото на задолжување на домашниот пазар осетно се намали. XОд X бомбите кои беа објавувани од страна на опозицијата можевме да слушнеме како незаконски буџетски парите преку тендери биле трошени и испумпувани од буџетот? Очекувате ли да има казни и враќање на парите во буџетот или сепак на крај очекувате се да заврши амнестија? Јас сум убеден дека тоа што го слушнавме во проектот “Вистината за Македонија” е само минорен процент од сите незаконски работи што се случувале во изминатите 11 години. Допрва истражните органи ќе имаат полни раце работа во откривањето на злоупотребите со парите на граѓаните. Со реформите пред се во правосудството и со независните истраги во иднина, без

НАУМОВ: НЕ Е ВОЗМОЖЕН ЕКОНОМСКИ РАСТ БЕЗ СИЛНИ ДОМАШНИ КОМПАНИИ!


www.kapital.mk

Капитал број 915 12.05.2017

18

ИНТЕРВЈУ

За сите планирани реформи што ќе се спроведат, претходно пред да ги ставиме како дел од предизборната програма, за мерките се консултиравме со претставниците на бизнис коморите во Македонија. Ние сме сигурни дека со мерките кои ќе ги преземеме, особено во делот на поддршката која ќе ја добијат домашните компании од страна на владата, ќе започне циклус на нови реални приватни инвестиции. партиски притисоци од ниедна страна, конечно ќе може да се утврди сумата на злоупотребени средства. Што се однесува до враќањето на парите, не се работи дали очекувам, одговорност за злоупотребите мора да има. Тоа го должиме на граѓаните. Било какво друго сценарио ќе биде погубно како за граѓаните, така и за државата. Довербата кон институциите не може да биде повратена на ниеден друг начин. Чувството на неправда што сега постои помеѓу граѓаните не е возможно да се промени на било кој друг начин. Било каква амнестија за злоупотребите ќе значи отворање на вратите за враќање на системот против кој се боревме сите изминати години. Тоа ќе значи и политичко самоубиство на идната власт. Граѓаните, нашите деца, тоа нема да ни го простат. Бидете сигурни дека ако му се прости само на еден, системот на правда и правичност ќе се сруши. Покрај политичката волја која е неспорна кај новата влада, за оваа операција ќе ни биде потребна и меѓународна помош, за која сум сигурен дека ќе ја добиеме. Ние си имаме работа со луѓе од овој режим кои учествувале во меѓународен криминал и затоа меѓународно мора да ги третираме. И затоа уште еднаш тврдам дека амнестијата е невозможна, дури и доколку некој тука кај нас помисли на такво нешто. XВо X изминатите години Македонија водеше политика на ниски даноци и издашни социјални давачки и голема јавна потрошувачка. Која е цената на ваквата конфликтна економска политика која Македонија ќе треба да ја плати? Изминатите години, особено изразено од 2011 година во Македонија не се водеше никаква политика. Да беше обратно немаше над 40% од граѓаните да живеат под прагот на сиромаштија. Немаше да се намалува површината на засадено земјоделско земјиште, немаше енормно да се зголеми увозот на храна, ниту, пак, да се зголемува увозот на енергија, ниту, пак, долгот, како јавниот, така и приватниот да достигне историско највисоко ниво. Ние поминавме низ период кога минималниот економски раст се базираше на енормно задолжување. Ние како држава според Бизнис Инсајдер, меѓународен магазин на кој и Груевски знаел некогаш да се повика, сме на петто место во Европа по бедотија. Не е потребно и понатаму да

зборуваме за сите промашувања во делот на економијата. Сега е потребно веднаш отпочнување на промената на структурата на БДП која ќе треба да се темели на забрзан раст на инвестиции и извоз, за сметка на потрошувачката. За жал, кај нас се покажа дека една божемна десничарска влада во 21 от век сака да имитира социјализам по принципот повисока лажна социјална сигурност, без економска основа и база. Тоа резултира секогаш со дефицити на секое поле и енормен раст на задолжувањата. Тие свесно си играа економија, а во позадината се одвиваше процес на прелевање на капиталот во рацете на фамилијата и останатата ВМРО олигархија. Ѓаволски е тешко тоа да се исправи, но со политичка волја и решеност тоа е остварлива во еден релативно краток рок. XИма X впечаток во јавноста дека доколку СДСМ дојде на власт ќе ги зголеми даноците, посебно за богатите...Каква политика економска, фискална и даночна, сметате дека и е потребна на Македонија за да може економијата да расте? Toчно е тоа дека ќе се зголемат даноците само за најбогатите. Точно е дека мораме да ја промениме политиката од овие десет години која значеше „рамномерна распределба на сиромаштијата„. Тоа ни се случуваше со економската и даночната политика на оваа гарнитура. Само одбрана олигархија блиска до власта се богатеше, а мнозинството си ја делеше сиромаштијата. Ние излеговме со програма која граѓаните ја прифатија и која ќе ја имплементираме со изборот на Владата. Во економскиот дел се обврзавме пред се на одговорност и транспарентност при управувањето со јавните финансии. Како што ќе се грижиме за приливот на средства во буџетот, уште повеќе ќе се внимава како и за што се трошат истите. Корекциите во даночната политика се минимални и за најголем дел од граѓаните во тој дел нема да има промени. Многумина ни велеа и дека одиме премногу внимателно. Но, сепак мислиме дека е вистински потег тоа што нема да зголемиме ниту еден корпоративен данок. Зголемувањето на даноците оди само кај оние поединци со екстремно високи приходи и оние кои акумулирале огромни средства во недвижнини. Сакаме да го постигнеме она што значи минимум

рамномерна распределба на приходите и богатството. И од тоа нема да отстапиме. При тоа, никако нема да ја загрозиме иницијативата за претприемачка активност на било кој поединец. Напротив, целта е тие да инвестираат повеќе. XОчекувате X ли да има Македонија проблем со враќање на кредитите или сепак меѓународната заедница ќе мора да помогне? Очекувате ли позасилено вклучување на ММФ, на пример? Во поновата историја постојат два до три примери во кои меѓународната заедница и нејзините финансиски институции им помогнале на некои држави со огромни суми на средства. Такви се Србија односно СРЈ после Милошевиќ, Ирак после Садам Хусеин и Грција од веќе позната причина која е од сосема подруга природа. Во неколку прилики на неколку амбасадори и посебно на високи претставници на меѓународните финансиски институции сум им посочил дека владеењето на Груевски е поразорно за македонската економија отколку она на погоре споменатите двајца. Мислам дека тоа во последниве две години им е јасно на сите нив. Тоа ќе стане уште појасно кога новата влада ќе ја обзнани и вистинската слика. Секоја помош ќе биде добредојдена, но само под еден услов. Таа не смее да биде условена со било какви мерки кои отворено ќе значат екстремна рестриктивна политика која би влијаеле на загрозување на растот. Единствен излез за македонската економија е да во еден подолг период од 6 до 8 години испорачува раст на БДП од над 5%. Ако успееме да при такви стапки на раст обезбедуваме средства со каматни стапки до 3%, веќе би биле на добар пат. Ако говориме конкретно за ММФ, јас веќе сум им напоменал дека извонредно критични за Македонија се 2020, 2021 и 2023 година, како години кога непромислено оваа досегашна влада ги згусна доспевањата на три еврообврзници. Како и да е, и за овие години ние мораме да го имаме во предвид напред споменатиот услов дека мораме да создаваме услови за раст и тоа пред се на стимулирање на инвестициите и извозот. XКои X ќе бидат најголемите предизвици на Македонија на политички и економски план во следните неколку години? На политички план очекувам одблокирање на процесот на наша интеграција во

НАУМОВ: TОА ШТО ГО СЛУШНАВМЕ ВО “ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНИЈА” Е САМО М


www.kapital.mk

Капитал број 915 12.05.2017

19

евроатлантските структури. Мора многу брзо да стане јасно дека еден полусвет близок до Груевски за свои лични цели форсира дека Македонија може да биде дел од некое евроазиско гето на чело со Путин. Со нашето интегрирање и станување дел од западните демократски механизми ќе надминеме голем дел од проблемите на политички, како на внатрешен, така и надворешен план, со кои сега се соочуваме. Убеден сум и длабоко верувам дека тоа е единствениот пат што ќе им понуди светла иднина на нашите граѓани. Многу битно е и она што не очекува на економски план. Затоа што долгорочна стабилност невозможно е да постигнеме без економски раст и финансиски систем што добро функционира, базиран на транспарентност и одговорност. Сметам дека на економски план нас ни е потребна една платформа, еден договор за Македонија. Договор на кој силно ќе се посветиме и договор кој ќе значи подеднаков пристап на сите граѓани. Ние во моментов имаме осум плански региони во Македонија во кои условите за живот на граѓаните многу отстапуваат еден од друг. Не постои вистински економски развој без рамноправен регионален развој. Може не можеме да го вратиме часовникот назад, но сигурно можеме да ги придвижиме работите кон напред. Во идниот период ни претстојат битки за рамноправно искоренување на сиромаштијата и за креирање на можности пред се преку подобрување на условите за инвестиции, пред се приватните

Ќе ги исплатиме обврските кон компаниите и ќе ги објавиме оние кои биле привилегирани!

Н

ие во програмата имаме зацртано како обврска дека не само што државата ќе мора да се раздолжи кон компаниите, туку и дека секоја година дополнително ќе се одвојуваат средства од буџетот за домашните компании. Не е возможен економски раст без добростоечки домашни компании насочени кон нови инвестиции и отворање на нови реални работни места. Најконкретно, во разумен рок владата мора да изнајде средства да ги исплати обврските кон компаниите, но и да објави кои компании до сега биле привилегирани, на кои им се плаќало дури и авансно, а кои чекале со години за своите фактури. И секако, да се најдат виновниците во администрацијата за тоа и да одговараат.

инвестиции и инвестиции во енергетската инфраструктура. На над 40 % наши сограѓани кои живеат под прагот на сиромаштијата, ние како општество и како држава мораме да се потрудиме да им дадеме можност да ја преземат контролата врз сопствените животи. Од една страна, ќе го намалиме јазот помеѓу сиромашните и богатите, а од друга страна на домашниот бизнис ќе му понудиме фер амбиент за развој и конкуренција. Не постои ниедна развиена земја со волку голем економски јаз помеѓу граѓаните. Доколку понудиме јасна економска перспектива на сите граѓани подеднакво во сите краишта на Македонија ќе го спречиме и иселувањето. Никој не би го напуштил своето огниште доколку може

да ја обезбеди својата и егзистенцијата на своето семејство. Знаејќи го еланот и мотивацијата што постои кај идниот премиер кој последниот период и е сосема видлив и на целата јавност, јас сум сигурен дека ќе отпочнеме со вистински реформи во сите области и сегменти кои ќе донесат вистински услови за пристоен живот во Македонија. Ние мораме да си го вратиме местото кое го имавме пред 10 години кога бевме лидери во регионот на нашиот пат кон ЕУ и НАТО. Време кога се противевме на тоа да не ставаат во пакетот на Западен Балкан бидејќи бевме далеку посредена држава од целото тоа друштво. Сега стартуваме од дното, но даваме гаранции дека многу брзо ќе се вратиме на старата позиција. nnn

МИНОРЕН ПРОЦЕНТ ОД НЕЗАКОНСКИТЕ РАБОТИ ВО ИЗМИНАТИТЕ 11 ГОДИНИ


Капитал број 915 12.05.2017

20

www.kapital.mk

АНАЛИЗА

КАКО РАБОТЕА ДРЖАВНИТЕ КОМПАНИИ В

ДРЖАВНИТЕ КОМП ЗАГУБА ОД 35 МИЛ


www.kapital.mk

ВО 2016 ГОДИНА?!

ПАНИИ СО ЛИОНИ ЕВРА

Капитал број 915 12.05.2017

21 Државните компании минатата година направиле загуба од 35,4 милиони евра. Дури 31 од вкупно 120 државни фирми, минатата година работеле непрофитабилно, покажаа податоците што ги објави Центарот за граѓански комуникации. Тоа значи дека негативен финансиски резултат во 2016 година искажала секоја четврта државна фирма. Останатите 89 анализирани компании од јавниот сектор, пак, работеле профитабилно и имаат вкупна добивка од 62 милиони евра. Најголем загубар минатата година, со минус во билансот на успех од 11,2 милиони евра е АД Македонски Железници Транспорт, најпрофитабилно е Јавното претпријатие за државни патишта со добивка од 33,6 милиони евра. Најмногу приходи инкасирал АД ЕЛЕМ, односно 226,7 милиони евра, која што истовремено е и најголем трошаџија лани, со расходи од 211 милиони евра. Во сите државни фирми, до крајот на 2016 година биле вработени 27.957 луѓе, што е речиси непроменет број во споредба со 2015 година.

пишува:

Д

Александар Јанев

aleksandar.janev@kapital.mk

Државните компании минатата година направиле загуба од 35,4 милиони евра. Дури 31 од вкупно 120 државни фирми, минатата година работеле непрофитабилно, покажаа податоците што ги објави Центарот за граѓански комуникации. Тоа значи дека негативен финансиски резултат во 2016 година искажала секоја четврта државна фирма. Останатите 89 анализирани компании од јавниот сектор, пак, работеле профитабилно


Капитал број 915 12.05.2017

22

www.kapital.mk

АНАЛИЗА

Ранг Претпријатие

ТОП 10 НАЈГОЛЕМИ ДРЖАВНИ ФИРМИ

Остварени приходи *во евра

1

АД ЕЛЕМ Скопје

2016 226.684.283

2 3

Јавно претпријатие за државни патишта АД МЕПСО Скопје

103.290.813 83.943.924

4 5 6 7

Јавно претпријатие за стопанисување со државните шуми МАКЕДОНСКИ ШУМИ П.О.-Скопје Јавно претпријатие ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА-Скопје Јавно сообраќајно претпријатие Скопје АД Македонска пошта Скопје

26.601.883 26.252.527 25.117.598 22.095.063

8 9 10

Јавно претпријатие КОМУНАЛНА ХИГИЕНА-Скопје Македонски железници Транспорт АД - Скопје Јавно радиодифузно претпријатие МАКЕДОНСКА РАДИОТЕЛЕВИЗИЈА Скопје

20.713.306 19.986.423 19.346.807

Ранг Јавно Претпријатие

ТОП 10 НАЈПРОФИТАБИЛНИ

Остварени добивка *во евра 2016 33.619.793 13.695.596

1 2

Јавно претпријатие за државни патишта АД ЕЛЕМ Скопје

3

АД МЕПСО Скопје

2.490.787

4 5

Јавно претпријатие КОМУНАЛНА ХИГИЕНА-Скопје АД за изградба и стопанисување со станбен простор и деловен простор од значење за

2.126.205 1.411.492

6 7 8 9 10

Јавно радиодифузно претпријатие МАКЕДОНСКА РАДИОТЕЛЕВИЗИЈА Скопје Јавно сообраќајно претпријатие Скопје Меѓуопштинско јавно претпријатие за снабдување со вода за пиење, одведување и пречистување Јавно претпријатие МАКЕДОНСКА РАДИОДИФУЗИЈА - Скопје Јавно претпријатие за комунални дејности КОМУНАЛЕЦ Ц.О. Гостивар

1.117.100 1.061.142 787.464 751.723 742.824

Остварена загуба и имаат вкупна добивка од 62 милиони милиони евра, која што е зголемена за 14 извршување водостопански дејности, ХС пати во споредба со 2015 година. Оваа Злетовица Пробиштип чиј што биланс на евра. Ранг Претпријатие *во евра Базата на податоци покажува дека државна фирма била во загуба и во 2014 успех покажува минус од 8,5 милиони евра. 2016 Директорот на ова јавно претпријатие, компаниите во државна сопственост година. 1 Македонски Транспорт Скопје лошото работење на Македонски Тодорче Николовски, вели дека-11.192.120 загубата е минатата година железници инкасирале вкупноАД -Меѓутоа, Железници дејности Транспорт проследено всушност фиктивна, бидејќи „произлегува 734,2 евра што е за 6,4% помалкуна водостопански 2 милиони Јавно претпријатие извршување ХС ЗЛЕТОВИЦА Пробиштип -8.563.243 со штрајк на вработените доведе до од негативни курсни разлики од кредитот отколку во претпријатие 2015 година. Дури 50 одинфраструктура 3 Јавно за железничка Македонски железници - Скопје -8.043.936 сите анализирани 120 државни фирми смена на генералниот директор во за изградба на браната Злетовица земен 4 Јавно претпријатие СТРЕЖЕВО Битола -3.723.035 минатата година работеле полошо односно февруари годинава. После две години во во јени“. директорската фотелја, оставка поднесе „Вредноста на јенот има големи флуктуации инкасирале помалку приходи во услуги 5 Акционерско друштво за отколку аеродромски АЕРОДРОМИ НА МАКЕДОНИЈА во државна -2.039.951 Никола Костов, а на негово место, како и зависно од годината, тоа ни се одразува 2015 6 година. Јавно претпријатие за водостопанство ЛИСИЧЕ Велес -674.389 Во истиот период, пак, анализираните вршител на должноста директор, Владата позитивно или негативно на финансискиот 7 Јавно комунално претпријатие ТЕТОВО ц.о. Тетово -280.873 го назначи Игор Коруновски. резултат. Не станува збор за лошо фирми од јавниот сектор потрошиле вкупно Тој објаснува дека загубата вели 702,7 евра, односно 7,2% помалку 8 милиони Јавно претпријатие за јавни паркиралишта ГРАДСКИ ПАРКИНГ - Скопјеод минатата работење на јавното претпријатие“, -134.028 година е последица на целосната блокада Николовски. на 9годишно спореденозасоизградба 2015 година. Јавнониво претпријатие на инфраструктурни објекти КУМАНОВО-ГАС Куманово -105.689 Во сите државни фирми, до крајот на 2016 на железничкиот транспорт поради Директорот Николовски, вели дека не ги 10 Јавно за јавни паркиралишта ПАРКИНЗИ НА ОПШТИНА ЦЕНТАР Скопје -95.307 на грчките железници и Солунското знае на памет финансиските резултати на година биле препријатие вработени 27.957 луѓе, што е штрајкот јавното претпријатие од минатите години, речиси непроменет број во споредба со пристаниште. „Во период од 3 – 4 месеци ниеден воз но за одредбитеПросечен од Законот за јавни 2015 година. не помина по македонските пруги. Во претпријатија според кои на Годишна број надиректорите Загубари со години услови на целосна блокада на товарниот загубарите треба да понесат одговорност промена вработени Базата на податоци покажува и дека 18 железнички транспорт, кој што е извор на ако загубите не се Ранг Претпријатие отстранат во рок од шест компании од јавниот сектор, повеќе од две најголем дел од приходите, негативниот месеци, вели дека „тоа2016 треба да го следат Во % години работат со загуби, што согласно финансиски резултат беше неизбежен“, институциите“. 1 АД ЕЛЕМ Скопје 4.810 6,25 Законот за јавни претпријатија повлекува вели Коруновски кој после два месеца Со загуба од над 8 милиони евра, одговорност директоритезанастопанисување овие фирми. содиректорување, 2 Јавно од претпријатие државните шумивели МАКЕДОНСКИ ШУМИ П.О.-Скопје -0,38е дека очекувањата трето на листата со 2.373 најголеми загуби Во 3членовите 23 – а и 24 – а од овој Закон, за годинава се пооптимистички. Македонски Железници Инфраструктура, АД Македонска пошта Скопје 2.237 -1,63 јасно стои дека „ако се утврдат загуби во Тој вели дека како претседател на второто претпријатие што произлезе 4 Јавно сообраќајно претпријатие Скопје 1.458 2,68 работењето, директорот е должен истите Управниот одбор на секои три месеци по трансформацијата на Македонски да 5ги отстрани во наредните шест месеци. Јавно претпријатие КОМУНАЛНА ХИГИЕНА-Скопје 1.277 -0,47 мора да доставува финансиски резултати Железници во 2007 година. Ако6 загубата не се покриеВОДОВОД во овој период, до Владата, а потоа таа одлучува дали И оваа државна компанија Јавно претпријатие И КАНАЛИЗАЦИЈА-Скопје 1.220 веќе три години -1,05 директорот ќе биде разрешен“. одредена загуба е оправдана и дали некој по ред е во загуба, а директор е Ирфан 7 Јавно претпријатие за железничка инфраструктура Македонски железници Скопје 1.188 -2,86 Најголем загубар меѓу државните ќе понесе одговорност за тоа. Асани. 8 Македонски железници Транспорт АД - Второ Скопје на ранг листата е најголемиот Во останатите претпријатија 1.102 -3,84 компании на ранг листата е АД Македонски од јавниот Железници Транспорт, со загуба од 11,2 загубар од лани, јавното претпријатие за сектор што работат со загуби повеќе од две 9 Јавно радиодифузно претпријатие МАКЕДОНСКА РАДИОТЕЛЕВИЗИЈА Скопје 865 -4,63 10

Јавно претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта

818

-4,10



5 АД за изградба и стопанисување со станбен простор и деловен простор од значење за 6 Јавно радиодифузно претпријатие МАКЕДОНСКА РАДИОТЕЛЕВИЗИЈА Скопје 7 Јавно сообраќајно претпријатие Скопје Капитал број 915 12.05.2017 8 9 10

Меѓуопштинско јавно претпријатие за снабдување со вода за пиење, одведување и пречистување Јавно претпријатие МАКЕДОНСКА РАДИОДИФУЗИЈА - Скопје Јавно претпријатие за комунални дејности КОМУНАЛЕЦ Ц.О. Гостивар

24

1.411.492 1.117.100 1.061.142 www.kapital.mk 787.464 751.723 742.824

АНАЛИЗА

Ранг Претпријатие

Остварена загуба

ТОП 10 НАЈГОЛЕМИ ЗАГУБАРИ

*во евра

1 2

Македонски железници Транспорт АД - Скопје Јавно претпријатие за извршување на водостопански дејности ХС ЗЛЕТОВИЦА Пробиштип

3 4 5 6 7 8 9 10

Јавно претпријатие за железничка инфраструктура Македонски железници - Скопје Јавно претпријатие СТРЕЖЕВО Битола Акционерско друштво за аеродромски услуги АЕРОДРОМИ НА МАКЕДОНИЈА во државна Јавно претпријатие за водостопанство ЛИСИЧЕ Велес Јавно комунално претпријатие ТЕТОВО ц.о. Тетово Јавно претпријатие за јавни паркиралишта ГРАДСКИ ПАРКИНГ - Скопје Јавно претпријатие за изградба на инфраструктурни објекти КУМАНОВО-ГАС Куманово Јавно препријатие за јавни паркиралишта ПАРКИНЗИ НА ОПШТИНА ЦЕНТАР Скопје

2016 -11.192.120 -8.563.243 -8.043.936 -3.723.035 -2.039.951 -674.389 -280.873 -134.028 -105.689 -95.307 Просечен

Ранг Претпријатие

ТОП 10 НАЈГОЛЕМИ РАБОТОДАВАЧИ

број на

Годишна

вработени

промена

1

АД ЕЛЕМ Скопје

2016 4.810

Во % 6,25

2 3 4 5 6 7 8 9 10

Јавно претпријатие за стопанисување со државните шуми МАКЕДОНСКИ ШУМИ П.О.-Скопје АД Македонска пошта Скопје Јавно сообраќајно претпријатие Скопје Јавно претпријатие КОМУНАЛНА ХИГИЕНА-Скопје Јавно претпријатие ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА-Скопје Јавно претпријатие за железничка инфраструктура Македонски железници - Скопје Македонски железници Транспорт АД - Скопје Јавно радиодифузно претпријатие МАКЕДОНСКА РАДИОТЕЛЕВИЗИЈА Скопје Јавно претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта

2.373 2.237 1.458 1.277 1.220 1.188 1.102 865 818

-0,38 -1,63 2,68 -0,47 -1,05 -2,86 -3,84 -4,63 -4,10

години, доминираат главно јавни комунални претпријатија Меѓу најголемите десет загубари според податоците за 2016 година, се вбројуваат и ЈП Стрежево Битола со загуба од 3,7 милиони евра, АД за аеродромски услуги Аеродроми на Македонија со минус од над 2 милиони евра. Потоа следуваат ЈП за водостопанство Лисиче Велес со загуба од 674 илјади евра, јавното комунално претпријатие Тетово, со минус од 280 илјади евра, ЈП Градски Паркинг со загуба од околу 130 илјади евра, ЈП Куманово гас со загуба од 105 илјади евра и ЈП паркинзи на Општина Центар со негативен финансиски резултат од 95 илјади евра.

Првите пет на оваа табела, заедно направиле 95% од вкупната загуба на сите претпријатија загубари.

89 државни фирми имаат профит

По одделни државни претпријатија, најпрофитабилно лани било Јавното претпријатие за државни патишта со добивка од 33,6 милиони евра, која што е зголемена за 277% во споредба со годината претходно. Второ на листата е АД ЕЛЕМ со профит од 13,7 милиони евра, што е двојно поголема добивка во споредба со 2015 година. Трето на ранг листата е лидерот на оваа табела од минатата година, АД МЕПСО, со добивка од 2,5 милиони евра, но истата е намалена

за дури 78% на годишно ниво. Во првите десет со најголеми добивки се рангирани и Комунална Хигиена со профит од 2,1 милиони евра, потоа АД за стопанисување со станбен и деловен простор од значење за Републиката со 1,4 милиони евра, Македонска Радиотелевизија со профит од 1,1 милиони евра. Потоа с ледува ЈСП со профит од нешто повеќе од еден милион евра, па меѓуопштинското јавно претпријатие за снабдување со вода за пиење, Проаква Струга, со добивка од 787 илјади евра, Македонска радиодифузија со 750 илјади евра и Комуналец Гостивар со добивка од 742 илјади евра. Контрадикторно е што голем дел од



www.kapital.mk

Капитал број 915 12.05.2017

26

АНАЛИЗА

државните фирми што искажаа профит, всушност не платиле даноци кон државата и може да се најдат и на црната листа на Управата за јавни приходи. Пребарувањето на оваа листа покажа дека има околу 30 државни фирми со вкупен неплатен даночен долг од 17,3 милиони евра. Меѓу оние со најголеми даночни долгови заклучно со крајот на март годинава, се ЈП Македонија Пат, со неплатени даноци во вредност од 6,9 милиони евра, а сепак прикажа добивка од околу 340 илјади евра; потоа ЈП за комунални дејности Комуналец Гостивар, со даночен долг од 2,7 милиони евра, и од друга страна добивка од околу 740 илјади евра; Македонска Радиотелевизија со даночен долг од речиси 1,5 милиони евра и добивка од над 1 милион евра; јавното комунално претпријатие Стандард Дебар со даночен долг од 1,2 милиони евра и добивка од околу 80 илјади евра; и Македонска Радиодифузија со долг за даноци кон државата од околу 335 илјади евра и истовремено добивка од околу 750 илјади евра. Експертите проценуваат дека повеќе јавни претпријатија иако на хартија прикажуваат добивки, всушност имаат големи даночни долгови бидејќи станува збор за местење на финансиските извештаи. За тоа сведочеа и некои од актуелните директори на јавните претпријатија. Според експертите, токму одредбите од Законот со кои се предвидува одговорност за директорите на фирмите загубари, ги тера да искажуваат нереални приходи, да креираат лажни добивки а со тоа и даночен долг кој што потоа немаат пари да го платат. „Заплашени од таа одредба,јавните претпријатија често пати прикажуваат фиктивни приходи или лажно ги намалуваат расходите. Доаѓаат до финансиски резултат што е позитивен. Но, позитивниот финансиски резултат секогаш бара да се плати данок, пред се данок на добивка, за што се потребни ликвидни средства. Треба да ги имате тие пари за да платите. И, бидејќи добивката не произлегува од вистински успех на работењето, ликвидноста на овие претпријатија е нападната. Односно не може да платат данок и влегуваат во тој магичен круг да

искажуваат добивка, а немаат пари да ги платат овие даноци“, вели Павле Гацов, претседател на Здружението на даночни советници.

ЕЛЕМ на врвот со најмногу приходи

На врвот на ранг листата на државни претпријатија според големината на приходите што ги оствариле во 2016 година убедливо е АД ЕЛЕМ со приходи од 226,7 милиони евра кои што се намалени за 13,3% во однос на 2015 година. Второ по големина според приходите, е рангирано ЈП за државни патишта, со инкасирани 103,3 милиони евра, што е за 8,8% повеќе отколку во 2015 година. На трето место е АД МЕПСО со приходи од 83,9 милини евра, но во споредба со годината претходно, се намалени за 1,4%. На четврто место е ЈП Македонски Шуми, со приходи од 26,6 милиони евра, кои што на годишно ниво бележат намалување за 7,9%, а а по него Водовод и Канализација со приходи од 26,3 милиони евра, кои што се зголемени за 13%. Во првите десет најголеми државни компании се рангирани и Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП), со инкасирани 25 милиони евра, АД Македонска Пошта со приходи од околу 22 милиони евра, Комунална Хигиена со 20,7 милиони евра, Македонски Железници Транспорт со речиси 20 милиони евра и Македонска Радиотелевизија со приходи од 19,3 милиони евра. Седум од десетте најголеми државни фирми лани имале помали приходи во споредба со 2015 година, додека кај три инкасираната сума е поголема на годишно ниво. Приходите на првите десет државни фирми зафаќаат речиси 80% од вкупната инкасирана сума кај сите 120 претпријатија. Меѓу најголемите трошаџии, на врвот лани со највисоки расходи е најголемата државна фирма и според приходите, АД ЕЛЕМ. Вкупните трошоци на оваа компанија во 2016 година изнесуваат 211 милиони евра и се намалени за 16,3% на годишно ниво. По него е рангирано уште едно претпријатие од енергетскиот сектор, АД МЕПСО, со расходи од 81 милиони евра, а трето на табелата е ЈП за државни патишта со потрошени 66,3 милиони евра.

Во првите десет најголеми трошаџии меѓу фирмите од јавниот сектор се и Македонски Железници Транспорт со расходи од 31,2 милиони евра, Македонски Шуми со потрошени 26,5 милиони евра, Водовод и Канализација со 25,7 милиони евра, ЈСП со речиси 24 милиони евра, Македонски Железници Инфраструктура со 22,1 милиони евра, Македонска Пошта со 22 милиони евра и Комунална Хигиена со потрошени 18,2 милиони евра.

Во 38 државни фирми имало повеќе вработени

Вкупниот број на вработени во претпријатијата во државна сопственост во 2016 година, според податоците доставени во Централниот регистар, изнесува 27.957 и е намален за 0,5% на годишно ниво. Како што може да се види од ранг листата на претпријатија според бројот на вработени, најголем работодавач е АД ЕЛЕМ со вкупно 4.810 вработени, и овој број е зголемен за 6,3% во споредба со 2015 година. Анализата покажува дека од вкупно 120 компании, 38 го зголемиле бројот на вработени, кај 29 останал непроменет, додека кај 53 има намалување на бројот на работници. Во првите 10 претпријатија во државна сопственост според бројот на вработени доминираат претпријатија во државна сопс т в ено с т наспр от и локалните претпријатија каде се најдоа само скопските ЈСП, Комунална хигиена и Водовод и Канализација. Јавноста малку знае како работат државните компании бидејќи најголем дел од нив воопшто не даваат отчет ниту пак објавуваат финансиски извештаи. Нетранспарентноста ја чува комотната атмосфера во државните фирми, нема притисок за нивно реформирање од загубари натрупани со партиски кадри во здрави компании што ќе работат со солидни резултати. Експертите сметаат дека за успешно функционирање на јавните претпријатија не треба промена на законите, туку политичка волја. Тие велат дека државата треба повеќе да се насочи кон концесии и јавно - приватно партнерство, каде што ќе делегира дел од своите овластувања за вршење дејности од јавен интерес на приватниот сектор. nnn



www.kapital.mk

Капитал број 915 12.05.2017

28

ПОЛИТИКА

СÈ ПОПОВОЛНИ ОКОЛНОСТИ ЗА ОДБЛОКИРАЊЕ НА ЕВРОАТЛ

СО НОВАТА ВЛАД БРЗА ЛЕНТА КОН Н пишува:

З

Максим Ристески

maksim.risteski@kapital.mk

Забрзување на евроатланската интеграција на Македонија треба да се очекува по формирањето на новата влада, најавуваат

сигналите што периодов доаѓаат од Брисел, од Вашингтон, од Атина и од останати релевантни адреси. Ако Европа, односно Западот, не го испорача поконкретно она што го најавува, ќе остане опасноста да се остварат песимистичките сценарија за кои неодамна говореше и влијателниот американски сенатор и поранешен претседателски кандидат, Џон Мекејн. „Загрижен сум за Македонија. Не предвидувам војна или конфликт, но, велам дека напнатоста е голема и ситуацијата излегува од контрола, и бара поголем ангажман од САД и од Европската унија“, изјави Мекејн во разговор за српската редакција на Гласот на Америка, осврнувајќи се на

состојбата во регионот. Сенаторот смета дека е потребен поголем ангажман од САД за потврдување на поддршката од Вашингтон за регионот, а ги критикуваше и Европејците оти не се доволно ангажирани во регионот и не се активни во решавањето на наталожените проблеми. Дека за ова се свесни повиканите центри извесна потврда дадоа информациите оти официјална Атина се подготвува за нов бран притисоци кон неа, за побрзо решавање на спорот за името со Македонија, а при став дека поради опасноста од дестабилизација на земјава Западот се ангажира за забрзување на нејзиното примање во НАТО.

МЕКЕЈН: СИТУАЦИЈАТА ИЗЛЕГУВА ОД КОНТРОЛА


www.kapital.mk

Капитал број 915 12.05.2017

29 Ситуацијата во Македонија и во регионот со својот кризен потенцијал мами руски замешателства, поради што има сè појасни сигнали дека и Западот овде гледа „плодна почва за предизвикување на влијанието на НАТО и на ЕУ“. Во вакви околности аналитичарите очекуваат веќе до крајот на годинава конкретни чекори од двете бриселски адреси

ЛАНСКИТЕ ИНТЕГРАЦИИ НА МАКЕДОНИЈА

ДА ВО НАТО И ЕУ ! Очекувањата дека со новата влада ќе се забрза евроатланскиот интеграциски процес за Македонија се потврдуваат и од начинот на кој Брисел гледа на парламентарното мнозинство што ќе ја избере (владата): „Во Парламентот беа нападнати оние кои се залагаат за европскиот процес“, изјави еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, во интервју за австриски Стандард. Во понеделникот, и на првата официјална средба на новиот собраниски спикер, Талат Џафери, со амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли, беше соопштено дека особен акцент бил ставен на очекувањата на сите граѓани на Македонија, како и на

меѓународната заедница, земјава што побрзо и што поквалитетно да продолжи на патот кон ЕУ и НАТО, при што била истакната безрезервната поддршка на САД на овој план. Дека Грција се подготвува да ја одигра својата улога во ситуацијата покажуваат и информациите дека премиерот, Алексис Ципрас, за состојбите во Македонија и на Балканот детално разговарал со германската канцеларка, Ангела Меркел, за време на средбата на маргините на Самитот на ЕУ за Брегзит. Грчкиот неделник Реал напиша дека Ципрас се согласил пред Меркел Грција да преземе конкретни чекори за да се помогне стабилизацијата

на регионот. Ципрас притоа забележал дека Грција е главен столб на стабилноста и главната оска преку која би се одвивала секаква европска интервенција за стабилизирање на регионот. Деновиве шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас, во интервју одговори на информациите дека Атина се подготвува за нови силни меѓународни притисоци за да се забрза македонската евроинтеграција, при што рече дека „Грција нема да отстапи од своите барања во спорот за името под никакви меѓународни притисоци“. А засега и онака нема потреба да отстапува, зашто информациите се дека евроатланските процеси најверојатно би оделе под привремената референца, ПЈРМ. Коѕиас минатата недела телефонски разговарал со лидерот на СДСМ, Зоран Заев, соопшти грчкото Министерство за надворешни работи. Извесна паника во руските редови по информациите дека се подготвува одблокирање на евроатланскиот интеграциски процес за Македонија со ангажман од страна на САД се пројави и во реакцијата на рускиот амбасадор во ЕУ, Владимир Чизов, кој на средба со новинари изјавил дека Русија може да и понуди на Македонија, на западниот Балкан, и на секоја друга земја, алтернатива за евроатлантските интеграции. Euractiv објави дека Чизов бил прашан од Бојан Панчевски од Сандеј Тајмс, што е она што Русија може да и понуди на Македонија, во споредба со тоа што го нуди Западот, вклучувајќи ги и фондовите од ЕУ.

А И БАРА ПОГОЛЕМ АНГАЖМАН ОД САД И ОД ЕУ


www.kapital.mk

Капитал број 915 12.05.2017

30

ПОЛИТИКА Еврокомесарот Хан нема дилеми за курсот што ќе го заземе новата влада: „Во Парламентот беа нападнати оние кои се залагаат за европскиот процес“ Рускиот амбасадор во ЕУ, Чизов, изјави дека Русија може да и понуди на Македонија, на западниот Балкан, и на секоја друга земја, алтернатива за евроатлантските интеграции?! Само не можеше да објасни каква.

„Што може да понуди Русија? Се разбира, секогаш постои алтернатива на евроатлантските интеграции, како што се размислува во некои земји, други пак избраа

да не бидат дел од нив. Но, се разбира, јас нема да кажам дека евроатланскиот пат е единствениот што е на располагање за било која земја на Балканот, или било која друга земја“, гласел прилично неодредениот, да не речеме неуверливиот одговор на Чизов. Пoтребата од превенирање на руското влијание во регионот е наведена во нацрт-извештајот на Парламентарното собрание на НАТО, со наслов „Западен Балкан под ризик, мора да биде силно поддржан“, а од кој дел пренесе European Western Balkans. „Со висока стапка на невработеност, распространета корупција, ерозија на состојбите на демократијата и на владеењето на правото, неретко со мешање на Русија во државните работи, западниот Балкан мора да добие силна поддршка во своите евроатлантски интеграции“, било наведено во нацрт-извештајот. Во него на темата – руските релации со западниот Балкан, се вели дека имајќи ги предвид, регионот изгледа како „плодна почва за предизвикување на влијанието на НАТО и на ЕУ“.

„Нештата многу ќе се променат со новата влада“

Дека нештата на планот на еворатланските интеграции многу ќе се променат со доаѓањето на новата влада е ставот на експертите кои ги консултиравме. Лидија Димова, поранешниот долгогодишен извршен директор на Македонскиот центар за европско образование - МЦЕО (сега Центар за европски стратегии – Евротинк) и поранешен претседател на Националниот совет за евроинтеграции во Собранието на Македонија, кога вели дека „со новата влада нештата многу ќе се променат“, потенцира оти не зборува попусто, потсетувајќи дека цело време додека траеше Пржинскиот договор условот од ЕУ беше оти тие навистина ќе се потрудат процесот да влезе во некоја друга фаза. „Мора да почне реален процес во Македонија. Ова сега – пристапен дијалог на високо ниво, берлински процес - сето тоа е добро, меѓутоа, зборуваме за конкретно отворање на поглавја; 23 и 24 за почеток (поглавјето 23 се однесува на правосудството и на фундаменталните права, а 24 на прашања поврзани со правдата, слободата и безбедноста). Дали тоа ќе биде во форма на официјална меѓувладина конференција на ниво на ЕУ или во некоја друга форма, не би навлегувала, но уверена сум дека ќе има почеток и отворање на процесот на преговори со новата влада“, вели Димова. Таа смета дека претходно ќе ни бидат испорачани неколку битни услови, од кои еден ќе бидат локалните избори на кои ќе треба да докажеме дека сме зрели да почнеме процес на преговори. Од претседателот на Собранието, Талат Џафери, продолжува Димова, ќе се очекува да покаже дека Парламентот почнува да се менува и веќе не служи како гласачка машина, туку си го зазема местото како законодавен дом и коректор на извршната власт. „Ќе има и услов поврзан со јавните финансии – ќе се очекува да се види дека можеме транспарентно да ги водиме јавните финансии за да се отстрани дилемата кај ЕУ дека не се работи


СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

КОРПОРАТИВНА ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ

19 МАЈ

2017

ПОВЕЌЕ ОД ТРОШОК, ПОВЕЌЕ ОД ТРЕНД! Од фамозната изјава на Милтон Фридман дека единствената општествена одговорност на компаниите е да го максимизираат профитот па сè до денешната CSR 2.0 платформа, концептот на корпоративната општествена одговорност еволуираше радикално. На крајот на денот, општествената одговорност е менаџмент концепт: колку бизнис лидерите сфаќаат дека таа ја определува одржливоста на компаниите на долг рок? Западните компании тоа го знаат и се менуваат, а во која фаза се македонските? Македонските компании при градењето на својот имиџ на општествено одговорни компании треба да ги користат и добрите, но и лошите искуства на поискусните светски компании. Стекнувањето на имиџ е долга, постепена и тешка работа која не смее да биде нападна за да не се западне во грешка, односно потенцијалните купувачи одговорното однесување да не го доживуваат како ”правдање” пред јавноста.

5 МА

201Ј 7

Во специјалниот прилог “Корпоративна општествена одговорност: Повеќе од трошок, повеќе од тренд! “ што ќе излезе на 19.05.2017, меѓу другото, анализираме на кое ниво е свесноста на бизнисите во Македонија за општествената одговорност како деловна стратегија за одржлив раст, а не само како тренд и потреба за промоција. Еве што сè ќе може да прочитате во прилогот:

l БИЗНИСИТЕ ПОМЕЃУ ОБВРСКАТА КОН АКЦИОНЕРИТЕ И ОДГОВОРНОСТА КОН ЗАЕДНИЦАТА: КАКО ДА СЕ НАЈДЕ НАЈДОБРИОТ БАЛАНС l ОДГОВОРНИ ПРАКТИКИ НА ДОМАШНИТЕ И СТРАНСКИТЕ БИЗНИСИ ВО МАКЕДОНИЈА l СОЦИЈАЛНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА: НОВ МОДЕЛ НА КОМПАНИСКА ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ l ФОРМИРАН КЛУБ НА ОДГОВОРНИ БИЗНИСИ ВО МАКЕДОНИЈА: РАЗГОВАРАВМЕ СО ВОДЕЧКИТЕ ЛУЃЕ l КАКВА Е ИДНИНАТА НА КОРПОРАТИВНАТА ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ: СВЕТСКИ УСПЕШНИ ПРАКТИКИ

Повеќе информации во врска со прилогот и за претставување во истиот можете да добиете на е-мail: marketing@kapital.com.mk l gordana.mihajlovska@kapital.mk или на телефонскиот број ++ 389 2 3298 505

ЛИЦE ЗА КОНТАКТ:

ГОРДАНА МИХАЈЛОВСКА


www.kapital.mk

Капитал број 915 12.05.2017

ПОЛИТИКА

У

ЛИДИЈА ДИМОВА поранешен претседател на МЦЕО:

верена сум дека ќе има почеток и отворање на процесот на преговори со ЕУ со новата влада. Очекувам претходно Брисел да ни ги даде условите, за веќе во декември да имаме некаква форма на преговори.

правото, за независноста на судството, за слободата на медиумите, за департизацијата на администрацијата. „Ова би биле елементите што претпоставувам ќе ги исполни новата влада. И секако, услов ќе биде и зголемување на буџетот за одбраната, што нема да биде проблем, зашто НАТО буџетот за реформи на држа-

П

остои расположение НАТО уште еднаш да го разгледа статусот на Македонија, а се разгледува можноста да се здобиеме со членство под акронимот ПЈРМ. Ако работите се постават на добри основи може НАНО дури да очекуваме РУЖИН Македонија до поранешен крајот на годината амбасадор во НАТО: да се здобие со членство во Алијансата.

вите членки се планира долгорочно“, вели Ружин. Според него, доколку работите се постават на споменатите основи може дури да очекуваме Македонија до крајот на годината да се здобие со членство во Алијансата, пред сè благодарение на новата американска администрација која го турка овој проект. nnn

Под пазуви- 400 eur 330 eur

01 7

само за смена на власта без суштински промени. Мислам дека ова ќе бидат дел од условите што ќе ни бидат дадени пред декември, кога очекувам (во декември) да имаме некаква форма на преговори“, вели Димова. А според сознанијата врз основа на неговите врски во седиштето на НАТО, професорот и поранешен амбасадор на Македонија во НАТО, Нано Ружин, вели дека постои расположение со конкретни намери уште еднаш да се разгледа статусот на Република Македонија и нејзините НАТО аспирации. „Согласно значењето на завршниот документ од Букурешт (2008 година), кога ќе се најде обострано (меѓу Македонија и Грција) прифатливо решение за името, Македонија ќе добие покана за членство и на обичен состанок на амбасадорите на НАТО - нема потреба да се одржува самит. Ова е најчувствително прашање гласањето за името, за што во овој момент се разгледува можноста Македонија да се здобие со членство под акронимот ПЈРМ, привремената референца“, вели Ружин. Името, тоа е еден од условите, а останатите произлегуваат од делумната реализација на договорот од Пржино, споменати и во Акцискиот план за членство, што се и сите параметри споменати од Рајнхард Прибе како експерт на ЕУ, за владеењето на

ПР МАЈ по ОМ СК до нуда ОЦ А 31 та И .05 ва ЈА .2 жи

32

Чело - 80 eur 66 eur ТРЕТМАН СО БОТОКС СИГУРНО РЕШЕНИЕ ЗА ПРЕКУМЕРНОТО ПОТЕЊЕ НЕ ДОЗВОЛУВАЈТЕ ПОТТА ДА ГО НАРУШУВА ВАШИОТ КОМОДИТЕТ

Скопје +389 2 / 321 66 08 www.ancevski.com.mk ancevski@laserlab.com.mk facebook.com / Ординација Д-р Анчевски Instagram / dr.ancevski



9

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

БРЕНДОВИ

ЈУНИ

2017

КАКО ДА ГИ ОСВОИТЕ МИЛЕНИАЛЦИТЕ И ГЕНЕРАЦИЈАТА Z? Деновиве голема прашина во светските маркетинг кругови и воопшто во јавноста, крена новата кампања на Heineken, “Open your world“ – каде што брендот политички се ангажира во обидот да се надминат предрасудите и различните погледи на луѓето за одредени општествени прашања. Кампањата на пивскиот бренд од критичарите е оцената како извонреден пример на адвертајзинг што нуди подлабоко значење за потрошувачите, одошто просто истакнување на атрибутите на производот. Ова особено важи за т.н. Generation Z, како и генерацијата на “милениалци“, луѓе помеѓу 15 и 30 години, нонстоп закачени на социјалните мрежи, преку кои што всушност вирално се шират овој тип на кампањи. Во специјалниот прилог “Брендови: Како да ги освоите милениалците и генерацијата Z?“ што ќе излезе на 9 јуни , ќе пишуваме повеќе за тоа како да се допре до овие генерации потрошувачи, коишто не можете повеќе да ги фасцинирате со извонредно скапи рекламни кампањи, затоа што тие бараат нешто повеќе: сакаат да видат дека компаниите се грижат за вредности и прават нешта што ним им значат. Меѓу другото, во “Брендови“ ќе може да прочитате:

l СТЕКНЕТЕ РЕСПЕКТ И СТЕКНЕТЕ ВЛИЈАНИЕ КАЈ НОВИТЕ ГЕНЕРАЦИИ ПОТРОШУВАЧИ ШТО “ЖИВЕАТ“ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ l PAID MEDIA НАСПРОТИ EARNED MEDIA: САМО СКАПИ КАМПАЊИ НЕ ВРШАТ РАБОТА l УСПЕШНИ МАКЕДОНСКИ БРЕНД ПРИКАЗНИ: КАКО СО АНГАЖИРАН АДВЕРТАЈЗИНГ СЕ СТЕКНУВА ЛОЈАЛНА ПУБЛИКА l КОИ СЕ БРЕНД СТРАТЕГИИТЕ НА НОВОТО ДИГИТАЛНО ВРЕМЕ: СВЕТСКИ ПРИМЕРИ

Повеќе информации во врска со прилогот и за претставување во истиот можете да добиете на е-мail: marketing@kapital.com.mk l gordana.mihajlovska@kapital.mk или на телефонскиот број ++ 389 2 3298 505

ЛИЦE ЗА КОНТАКТ:

ГОРДАНА МИХАЈЛОВСКА



www.kapital.mk

Капитал број 915 12.05.2017

36

ЕКСКЛУЗИВНО

МАЈК БАУР

Тимот за да има успех, мора да има човек што е мозокот на техничките аспекти на продуктот, еден да е специјалист за маркетинг, трет за продажба... Ако имате премногу од една иста работа на едно место, нема шанси за успех. Тоа е како да ви рече некој да вложите во фудбалски тим каде што сите играчи се Меси или Роналдо.

КО - ОСНОВАЧ НА SWISS STARTUP FACTORY И ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ИНВЕСТИТОРИ ВО СТАРТАПИ ВО ШВАЈЦАРИЈА

НЕ Е ДОВОЛЕН САМО ДОБАР ПРОДУКТ, МОРА ДА ИМАТЕ И ДОБАР ТИМ! разговара:

Игор Петровски

М

igor.petrovski@kapital.mk

Мајк Баур беше еден од говорниците на неодамна одржаната 18-та Годишна конференција на Македонската берза во Охрид. Швајцарец, 20 години во тамошниот банкарски сектор, менаџер и акционер во голема приватна банка (се мисли на банка поседувана од семејство, поединец или неколку партнери што не е етаблирана како корпорација, акционерско друштво и сл., н.з.), а последниве неколку години инвеститор во стартапи преку бизнис акцелераторот што го формирал со уште двајца партнери. Имаше мошне интересна презентација за тоа како изгледа швајцарскиот екосистем, колку пари се вртат годишно во финансирањето стартапи, кои технологии се најпривлечни за инвеститорите... Неговото гостување во Охрид беше овозможено со помош на

New Man’s бизнис акцелераторот од Скопје и швајцарската фондација за техничка соработка SwissContact, а ние “украдовме“ половина час од неговото скапоцено време за ова интервју. XКако X се случи да го напуштите банкарството и да влезете во сферата на финансирањето стартапи? Да, прилично беше необична таа одлука по 20 години да го напуштам банкарството и да почнам да се занимавам со нешто што вообичаено банките не го прават: финансирање стартапи во нивните најрани фази. Зошто направив така... Прво, банката во којашто бев дел од менаџментот, големата приватна банка Clariden Leu, пред неколку години беше купена и целосно интегрирана во швајцарскиот финансиски гигант Credit Suisse. Јас бев и акционер во Clariden Leu, па со оглед дека мојот и уделите на останатите менаџери беа откупени од Credit Suisse, добивме право да избереме што ќе правиме понатаму во животот: дали да продолжиме во корпоративниот систем на Credit Suisse како дел од менаџментот, или да правиме нешто сосема друго. Јас уште претходно како банкар, но во својство на бизнис ангел имав инвестирано во неколку швајцарски стартапи, и сфатив дека има голем потенцијал кај младите претприемачи.

Швајцарија е број еден во светот според иновативноста, но реализирањето на иновативните идеи во бизнис праксата и е послаба страна. Затоа решив целосно да се посветам на потрагата по добри идеи и проекти коишто преку формирањето компании и нивно етаблирање на пазарот, ќе направат комерцијализација и глобална експанзија на тие иновативни идеи. За таа цел, во 2015 година, заедно со моите партнери Макс Мајстер и Оливер Валцер го формираме Swiss Startup Factory, кој што во моментов е најбрзо растечкиот приватно финансиран и независен стартап акцелератор во Швајцарија. XОбјаснете X ни малку повеќе за тоа како всушност функционира стартап екосистемот во Швајцарија? Швајцарија има прилично голем и развиен стартап екосистем. Прво, ја имаме владата со различни иницијативи и фондови за поддршка на стартапите; потоа тука се богатите швајцарски семејства – индустријалци и банкари - кои што имаат свои фондации за финансирање стартапи; развиени мрежи на бизнис ангели; а во последно време и швајцарски корпорации формираат венчр фондови со цел поддршка на иновативни стартапи и проекти. Во Швајцарија во моментов се активни преку 1.500 стартапи; 110 институции за финансирање стартапи;

БАУР: ОДЛИЧЕН СТАРТАП ТИМ МОЖЕ ОД ПРОСЕЧНА ИДЕЈА ДА НАПРАВ


www.kapital.mk

Капитал број 915 12.05.2017

37 85 co-working места; 75 организации за организирање настани поврзани со стартап сцената; 70 организации за поддршка на претприемништвото; 20 институции што обезбедуваат едукација за претприемништво... Само минатата година за финансирање стартапи во рана фаза во Швајцарија се потрошени 909 милиони франци, за разлика од 457 милиони само две години претходно... Значи, мошне динамичен и брзорастечки стартап екосистем. XСо X што конкретно се занимава вашиот акцелератор Swiss Startup Factory? SSF е акцелератор фокусиран во поддршка на стартапи што развиваат решенија во рамки на информациско – комуникациските технологии. Преку менторство и техничка поддршка, адвертајзинг и брендинг кампања, обезбедување финансии, нетворкинг и конечно продажба, правиме развој на продуктот од неговата рана фаза до крај. За таа цел поврзани сме со мрежа од преку 60 искусни ментори што доаѓаат од самата ИКТ индустрија, академската сфера, венчр фондови, итн. XНа X Берзанскава конференција се зборуваше многу и за неискористената можност во регионов за финансирање на компанискиот развој преку емисија на акции. Дали во Швајцарија се случуваат чести IPO-a на успешни стартапи? За волја на вистината, во моментов опцијата за финансирање стартапи преку јавни емисии на акции - IPO е во некој свој зачеток во Швајцарија, што значи сè уште доминира традиционалното финансирање преку венчр капитал фондови, еквити фондови, бизнис ангели, итн. Покрај берзата во Цирих, каде што котираат големите корпорации, во Берн постои помала берза, помалку регулирана, наменета претежно за котација на мали и средни компании, преку која што всушност се реализираат овие IPOa на стартапи, но повторно велам, нивниот број е засега мал. Поверојатно е на пример, големи фармацевтски и биотехнолошки корпорации од редот на Novartis, или Roche, да се заинтересираат и купат некој стартап од тој бизнис сектор, во кого што гледаат голем потенцијал, и кој што потоа под нивна капа развива иновативни решенија. Но, морам да спомнам дека crowdfunding – от има голем подем сега во Швајцарија, како начин на финансирање на добра идеја за продукт, услуга и сл. XДо X кое ниво е стигнат crowdfunding- от во Швајцарија? Сè уште е во подем, првите платформи почнаа да функционираат пред 6-7 години, и бидејќи обезбедувањето пари на овој начин беше нешто ново и за самите претприемачи, но и за самото општество и финансискиот систем, потребно беше извесно време регулативата да се прилагоди, да омекне малку... Во последниве 2-3 години растот на crowdfunding-от е прилично динамичен, на пример, во 2015-та се собрани преку 27 милиони швајцарски франци, што е раст

од 73% во однос на претходната година, Две основни работи - една е идејата, односно а за 2016-та ги немам точните бројки, но бизнис моделот што стартапот го развива, очекувам да бидат во најмала рака двојно а втората е тимот, односно квалитетот на поголеми од 2015-та. луѓето што стојат зад таа идеја. Јас често милувам да го кажам следново: извонреден XКој X е според вас најдобриот начин тим може и просечен бизнис модел околу за земја со куса претприемачка некој продукт да го доведе до успешна традиција и ограничени ресурси комерцијализација, додека просечен тим како Македонија да го развива може и одлична идеја и бизнис модел да сопствениот стартап ги доведе до неуспех. Јас екосистем? сакам да видам квалитет За да изградите добар на различност во тимот кого стартап екосистем ви што го поддржувам, т.е., не треба време, не може би вложил во стартап каде тоа да го направите за За да изградите што сите членови на тимот неколку години, па ни добар стартап се со ист бекграунд, сите да деценија или две. Но, прво екосистем ви се инженери или сите еконови треба промена на треба време, не мисти, да речеме свеста на луѓето во врска Тимот за да има успех, може тоа да го со претприемништвото, мора да има човек што што значи едукација направите за е мозокот на техничките уште од најмали нозе за неколку години, аспекти на продуктот, тоа што значи стартап, па ни деценија еден да е специјалист ризик, иновативност или две. Но, прво за маркетинг, трет за и сл. Тоа подразбира ви треба промена продажба... воведување на предмети Ако имате премногу од за претприемништвото на свеста на една иста работа на и бизнисот уште од луѓето во врска едно место, нема шанси основно училиште. со претприемниза успех. Тоа е како да ви Никогаш не е прерано штвото, што значи рече некој да вложите во да се учи за бизнис и едукација уште фудбалски тим каде што претприемништво. Може сите играчи се Меси или од најмали нозе и некој 10 или 15 годишник Роналдо. да има интересна идеја за тоа што значи за било што, и да собере u Дали инвестирате само стартап, ризик, пари за нејзин развој во швајцарски стартапи иновативност преку crowdfunding или сте отворени и за и сл. Тоа платформите. Денешните добри проекти и надвор подразбира технологии и поврзаноста од вашата земја? на светот пружаат воведување Се менуваат работите... На неизмерни можности. Но, на предмети за почетокот беше исклучиво што порано се впуштите Швајцарија, затоа што претприемниво претприемачки води, ние сме швајцарски штвото и бизнисот подобро, затоа што кога акцелератор, се разбира, уште од основно сте млад, независен, со но и дека има премногу отворен ум, без семејни училиште. потенцијал на домашната обврски, можете целосно стартап сцена. Сепак да бидете фокусирани на во последно време ни вашиот претприемачки сон. приоѓаат стартапи и од други земји. XКолку X треба државата да биде Се сретнав и со неколку македонски стартапи инволвирана во создавањето на деновиве, можам да кажам, како прва стартап екосистемот? импресија, има потенцијал во нив, добро Државата, би рекол, треба да помага се технички потковани, но се соочуваат во целиот процес, но сепак, приватниот со предизвиците што не се својствени капитал – венчр фондови, корпоративни само за овој регион, туку генерално за фондови, бизнис ангели – преку различни сите стартапи во светот: скалабилноста типови партнерства треба да се главниот на бизнисот, односно продуктот, како да двигател на финансирањето на добрите направат глобална експанзија, дали да стартап проекти. Државата би требало да ги го задржат своето седиште во земјава постави основите на системот, регулативата или да се преселат надвор, итн. Она што и сл., и потоа да дава поддршка, односно ми е мене битно, но и на секој инвеститор повеќе да гледа да не одмага, одошто да во стартапи е вашиот проект да има помага, хаха. Државата во принцип не потенцијал да го размрда пазарот, да размислува претприемачки, не може од направи своевидно пореметување... Ако неа да очекуваме да бара резултати од сте стартап во областа на финансиските евентуа-лните инвестиции во стартапи, технологии, вашето решение да направи како што тоа го прави приватниот капитал. некаква мала револуција во банкарството, берзанското работење и сл. Ниту еден XКои X се основните работи што ги сериозен инвеститор во стартапи нема да гледате кај еден стартап за да го се воодушеви од идеја што копира нешто привлече вашето внимание за инвестирање? веќе видено на друг пазар. nnn

ВИ УСПЕХ, А ПРОСЕЧЕН ТИМ МОЖЕ И ОДЛИЧНА ИДЕЈА ДА УПРОПАСТИ!


РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ: 18 МАЈ 2017

ИНСТИТУТ КОНЦЕПТ ВО СОРАБОТКА СО НЕЛТ ГРУП ОРГАНИЗИРААТ ЕДНОДНЕВНА ПРАКТИЧНА ОБУКА НА ТЕМА:

ПЛАНИРАЊЕ НА ЗАЛИХИТЕ, СЕРВИСИРАЊЕ НА КУПУВАЧИТЕ, СКЛАДИРАЊЕ, ТРАНСПОРТ И ЛАНЦИ ЗА СНАБДУВАЊЕ НА КРАЈОТ ОД ОБУКАТА ОРГАНИЗИРАНА Е ПОСЕТА НА НЕЛТ МАКЕДОНИЈА l 22 мај 2017 година l 09.00-17.30 часот Институт КОНЦЕПТ, Скопје Нелт е водечка регионална компанија во област на дистрибуција, логистика и маркетинг, застапенa на два континента, Европа и Африка, во 7 земји. Во своето портфолио имаат запишано повеќе од 40 брендови. Во компанијата се имплементирани голем број на стандарди и процедури за квалитет. Обуката ќе изобилува со практични примери и на крај на предавањето кое ќе се одвива во просториите на Институт Концепт, организирана е посета на просториите на Нелт Македонија, каде што учесниците ќе имаат можност да ја видат целата организациска поставеност на оваа

дистрибутивна компанија. Обуката е наменета за менаџери, раководители и сите вработени во секторите набавка и продажба, магацинско работење, транспорт и логистика.

ПРЕДАВАЧИ:

МЕТОДИЈА ХРИСТОВСКИ

менаџер на ланецот за снабдување, Нелт Македонија

ИВАНА РИСТИЌ

менаџер за планирање на залихите, Нелт Србија ПРЕДРАГ МАТИЌ менаџер за склад (магацин), Нелт Србија ПРЕДРАГ САВИЌ менаџер за транспорт, Нелт Србија За повеќе информации посетете ја нашата веб страна: www.koncept.com.mk

КОНТАКТ: м-р Ленче Зикова и м-р Ирена Богоевска l e-mail: institut@koncept.com.mk l 02 3128 526 l 070 272 207


СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

ТЕЛЕКОМУНИКАЦИИ

ТРЕНДОВИ НА СВЕТСКИОТ И ДОМАШНИОТ ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ПАЗАР

ШТО КОГА КОНКУРЕНЦИЈАТА СЕ MESSENGER, VIBER И WHATSAPP?

КОЈ Е КОЈ НА МАКЕДОНСКИОТ ТЕЛЕКОМ ПАЗАР

ШТО Е СЛЕДНОТО ГОЛЕМО НЕШТО ВО ТЕЛЕКОМ УСЛУГИТЕ


www.kapital.mk

Капитал број 915 12.05.2017

40

ТЕЛЕКОМУНИКАЦИИ

ТРЕНДОВИ НА СВЕТСКИОТ И ДОМАШНИОТ ТЕ

ШТО КОГА КОНКУРЕНЦИЈАТА СЕ MESSENGER, VIBER И WHATSAPP? пишува:

К

Игор Петровски

igor.petrovski@kapital.mk

Консолидацијата на домашниот пазар (по интегрирањето на Т-Мобиле и Македонски телеком во една компанија и спојувањето на Оне и Вип) за компаниите значи шанса

да ги стабилизираат своите приходи и да тргнат повторно по патеката на растот. Последниве пет години Македонски Телеком бележи значителен пад на приходите и добивката, за што постојат неколку причини, од кои најбитни се намалените цени на интерконекцијата, роамингот и зголемената конкуренција. Македонија е мал пазар и за целосно развиени телеком оператори постоеше едноставно преголема конкуренција, велат познавачите на пазарот. Изминативе години цените на телекомуникациските услуги, особено во мобилната телефонија, драстично паднаа, што, се разбира, е одлично за корисниците, но од друга страна, за операторите, значи

сe’ помалку пари за инвестиции, заради помалите приходи. Со оглед на тоа што приходите од мобилната и фиксната телефонија на среден и долг рок ќе продолжат да паѓаат, операторите својата конкурентност ќе треба да ја одржуваат преку проширување на услугите во доменот на интернет содржини на мобилните уреди, интегрираните услуги за бизнис корисниците, поддршка на развојот на апликации и сл. Инвестициите во инфраструктура и усовршени технолошки решенија ќе донесат подобар квалитет на услугата, но аналитичарите велат дека, исто како и во ЕУ тоа ќе си има своја цена, што на крајот ќе ја платат корисниците

ЕДНАКОВ ТРЕТМАН: ТЕЛЕКОМ ОПЕРАТОРИТЕ БАРААТ РЕГУЛИРА


www.kapital.mk

Капитал број 915 12.05.2017

41

ЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ПАЗАР

преку поскапите месечни претплати. Згора на сè, како конкуренција на телеком операторите се јавија апликациите за комуникација, разноразните месенџери кои што користејќи ја инфраструктурата на телекомите, нудат бесплатни разговори и пораки за корисниците.

Месенџерите реална закана за телеком бизнисот?!

Последниве 20-тина години телеком индустријата на светско ниво забележа огромен раст благодарение на стабилните извори од релативно високите цени на импулсите и СМС пораките што се задржаа прилично долго време. Но, развојот на

технологијата базирана на интернет и појавата на т.н. “ОТТ (over the top)“ играчи – Skype, Viber, WhatsApp и останатите – им ги замрси конците на традиционалните телеком оператори откинувајќи им голем дел од профитот, затоа што сите денеска комуницираме преку овие месенџер апликации, користејќи ја инфраструктурата на телекомите, за што тие не добиваат соодветен дел од колачот, или пак во најлош случај не добиваат ништо. Исто како што Uber направи лом на пазарот за такси услуги без да поседува ниту едно возило, или пак Airbnb избезуми хотелската индустрија без да поседува ниту една единствена соба, така и ОТТ

Околу 385 милијарди долари до 2018 година ќе загубат телеком операторите на светско ниво заради користењето на бесплатните сервиси како Viber, Skype, WhatsApp, FB Messengер, итн. Таканаречените Over the top - ОТТ играчи јадат дел од ќарот и на главните телеком оператори во Македонија. Тие имаат лојална база на корисници, но она што немаат е мобилноста и достапност во подрачјата каде што нема интернет врска. Аналитичарите на телеком бизнисот сметаат дека најдобро за телекомите е да ги искористат ОТТ компаниите, односно иднината на комуникациите да биде комбинација на најдоброто од двете индустрии. Ако телекомите се фокусираат на интеграцијата на ниските трошоци на ОТТ со високиот квалитет и сигурноста што тие може да ја обезбедат, може лесно да генерираат огромна корисничка база и да си ги вратат приходите што ги губат или допрва ќе ги изгубат. играчите направија упад на телеком пазарите без да поседуваат ниту една кабел инфраструктура. Според некои процени на светските аналитички компании, телекомите би можеле да загубат до 385 милијарди долари приходи до 2018 година, како резултат на подемот на апликациите како Skype или Lync. Ова е реална закана затоа што бизнис моделот на телеком индустријата беше зависен од гласовниот сообраќај и СМС пораките, но сега овие две категории стануваат сè помалку релевантни за стотици милиони корисници глобално. “Во моментов постои голема диспропорција помеѓу правата и обврските на ОТТ играчите и телекомуникациските оператори

АЊЕ НА ПРАВАТА И ОБВРСКИТЕ НА ОТТ ИГРАЧИТЕ НА ПАЗАРОТ


www.kapital.mk

Капитал број 915 12.05.2017

42

ТЕЛЕКОМУНИКАЦИИ

Пазар на широкопојасен интернет

Пазар на телевизиски услуги

(удели во вкупен број претплатници со фиксен пристап)

(удел во пренос на ТВ содржини до крајни корисници) Македонски телеком

оне.Вип

26,19% Македонски Телеком

27,67%

41,29%

оне.Вип

16,50%

31,25%

Останати

Останати

12,12% Инел Интернационал Неотел

Кабел Нет

1,16%

Состојба на 30.09.2016 Извор: Извештај на АЕК

Роби

21,44%

Роби

14,82%

1,41%

Тотал ТВ

4,82%

1,33% Состојба на 30.09.2016 Извор: Извештај на АЕК

КОЈ Е КОЈ НА ДОМАШНИОТ ТЕЛЕКОМ ПАЗАР

С

поред извештајот за македонскиот пазар на електронски комуникации што го изготвува Агенцијата за електронски комуникации, на крајот од третиот квартал од 2016 година (последниот објавен извештај) на пазарот на услуги од фиксната телефонија активни биле 22 провајдери, од коишто два доминираат – Македонски телеком со безмалку 60% удел, пред оне.Вип со 28,5%. Операторот Роби има 7%, Неотел 3,49%, итн. Во делот на мобилната телефонија, двата големи оператори во однос речиси 50:50 го делат пазарниот колач, поточно Македонски телеком 50,1% наспроти оне.Вип со 49,53%, додека виртуелниот оператор Лајкамобил којшто на пазарот влезе кон средината на минатата година, на крајот од третиот квартал имал 0,37% од претплатниците. Со оглед на агресивната маркетиншка кампања на Лајкамобил што се одвива последниве неколку месеци, за очекување е нивниот удел за првиот квартал од 2017 да биде зголемен. На пазарот за мобилна телефонија од извештајот на АЕК се гледа дека бројот на активни претплатници на крајот од септември 2016 е помал за 4,43% во однос на истиот период 2015. Воочливо е дека поголемиот дел од

резиденцијалните претплатници користат припејд услуги – 1,14 милиони наспроти 721 илјади во постпејд и 263,6 илјади постпејд деловни корисници. На пазарот пак на фиксен пристап до широкопојасен интернет, ситуацијата е следнава: Македонски Телеком држи 41,3% од бројот на активни претплатници, оне.Вип 26,2%, Роби 16,5%, Инел Интернационал 1,41%, Кабел Нет 1,33%, Неотел 1,16% и останатите 10,15%. Во делот на мобилниот интернет, учеството на операторите во вкупниот број активни претплатници на пристап до интернет со широк и тесен опсег преку мобилна мрежа (2G/3G/4G) е 50,19% за Македонски телеком, 49,7% на оне.Вип и 0,1% на Лајкамобил. На домашниот пазар преносот на ТВ содржини до крајните корисници се пренесува преку кабелска телевизија (55,3%), дигитална телевизија преку интернет протокол IPTV (27,7%), дигитална терестријална телевизија DVB – T (12,1%) и сателитска телевизија (4,8%). Пазарниот удел, пак, на операторите во преносот на ТВ содржини до крајните корисници изгледа вака: води оне. Вип со 31,2% учество, пред Македонски Телеком со 27,7%, кабелскиот оператор Роби со 21,4%, Тотал ТВ со 4,82%, итн.

Пазар на две услуги врзани во пакет

Пазар на три услуги врзани во пакет

(удел на оператори)

(удел на оператори)

Роби

Македонски Телеком

32,91%

40,75%

оне.Вип

22,28% Роби

Македонски Телеком

ОНЕ.ВИП

10,95%

48,20%

40,26% Останати

Останати

0,10%

4,55% Состојба на 30.09.2016 Извор: Извештај на АЕК

Состојба на 30.09.2016 Извор: Извештај на АЕК

ШТО НÈ ЧЕКА: СО 5G МАШИНИТЕ ЌЕ КОМУНИЦИРААТ МЕЃУСЕБНО, ЌЕ ЖИВЕЕМЕ ВО


www.kapital.mk

Капитал број 915 12.05.2017

43 Пазар на фиксна телефонија (удели според бр. на фиксни линии)

оне.Вип

28,54% Македонски телеком

Роби

7,00%

59,65%

Неотел

3,49%

Останати

0,01%

Инфел Нет Плус

1,24%

Состојба на 30.09.2016 Извор: Извештај на АЕК

Неборба, тукусинергијанателекомитеиОТТ играчите

Пазар на мобилна телефонија (удели во вкупен број активни претплатници)

оне.Вип

49,53% Македонски Телеком

50,10%

Лајкамобил

0,37%

Состојба на 30.09.2016 Извор: Извештај на АЕК

Пазар на мобилен интернет

(удел според приходи од претплатници со пристап до интернет преку мобилна мрежа)

Македонски Телеком

82,19%

оне.Вип

17,80% Лајкамобил

0,01% Состојба на 30.09.2016 Извор: Извештај на АЕК

не само кај нас туку и во Европа. Телеком операторите инвестираат многу во развојот на инфраструктурите, ги исполнуваат сите регулативни обврски и ги плаќаат сите административни давачки кон регулаторните тела. Од друга страна ОТТ играчите ги користат мрежите без да инвестираат ништо, скоро и да не се регулирани и ги користат личните податоци на крајните корисници. Треба да се постават еднакви услови за регулаторен третман, за што во Европската Унија е во фаза на подготовка на ‘Европски код за електронски комуникации’ во кој делумно се вклучуваат одредени обврски и за ОТТ услугите. Иако истото не е доволно за целосно да се заштитат инвеститорите и долгорочниот развој на пазарот, сепак е еден чекор напред за еднакви права и обврски на сите играчи на пазарот. Истовремено, ние како телеком оператор се стремиме да обезбедиме нови, едноставни иновативни услуги со што ќе ја искористиме до максимум предноста на нашата супериорна инфраструктура.“, велат од Македонски телеком. До моментот на затворање на овој текст не добивме коментар од вториот голем оператор на македонскиот пазар, оне.Вип на оваа тема, иако и до двете компании испративме исти прашања. Некои аналитичари сметаат дека нема потреба од вклучување на црвен аларм во телеком индустријата, туку треба да се искористат новите можности што се јавуваат во екосистемот телекоми – ОТТ играчи. “ОТТ играчите имаат лојална база на корисници, но она што немаат е мобилноста и достапност во подрачјата каде што нема интернет врска. Најдобро за телекомите е да ги искористат ОТТ компаниите, односно иднината на комуникациите да биде комбинација на најдоброто од двете индустрии. Ако телекомите се фокусираат на интеграцијата на ниските трошоци на ОТТ со високиот квалитет и сигурноста што тие може да ја обезбедат, може лесно да генерираат огромна корисничка база и да си ги вратат приходите што ги губат или допрва ќе ги изгубат.“, велат од Bankaigroup, глобален провајдер на услуги и опрема за телеком оператори со седиште во САД. Како ова да се направи? Аналитичарите на Bankaigroup сметаат дека денес многу телеком оператори нудат мрежа во голем број подрачја и дестинации, создавајќи на тој начин изобилство, односно преголем вишок на страна на понудата. Овој вишок треба да се искористи од телекомите така што ќе понудат гласовни и СМС услуги со ОТТ цени на чинење, но со повисок квалитет, сигурност и стабилност, креирајќи поголема вредност за потрошувачите. Со тоа што ќе конвергираат кон ОТТ, наместо да се борат против нив, е одлична стратегија, сметаат аналитичарите. На овој начин, телекомите ќе може да ги интегрираат споделувањето на мултимедиа содржини, видео конференциите, споделувањето фотографии, групни четови и останатите погодности што ги обезбедуваат ОТТ играчите, и да влезат подлабоко во сегментите што досега ги занемаруваа. Наместо ОТТ да им ги јадат приходите на телекомите, телекомите може да креираат нови извори на приходите од пазарите што сега ги доминираат ОТТ играчите. “Како пример нека послужи Skype, односно неговите public hotspot места на аеродроми и други локации, за што се наплаќа одреден надомест. Сега, ако телекомите ја сфатат Wi-Fi како поширока мрежна стратегија и ја направат подостапна за поширока публика, тогаш може заедно со ОТТ да имаат корист. Ова е најдобриот начин за нив да генерираат приход од загубениот дел од колачот.“, препорачуваат аналитичарите од Bankaigroup.

Паѓаат приходите од мобилни разговори, растат од сурфање преку мобилни уреди

По консолидацијата што се случи на пазарот, односно спојувањето на Вип операторот со Оне во 2015 година, двата главни телеком оператори во 2016 година забележаа пад на приходите од продажба. Македонски Телеком имаше приходи од 170,5 милиони евра, што е намалување за 1,2% во однос на 2015. Иако според интерните процени на компанијата, водечката позиција на пазарот за фиксни говорни услуги е задржана (59,9% со 216,8 илјади корисници), приходите во овој сегмент се намалени за 13,9% заради намалениот број на корисници за 3,5% и намален

О ПАМЕТНИ ДОМОВИ И ПАМЕТНИ ГРАДОВИ, ЌЕ ВОЗИМЕ ПАМЕТНИ АВТОМОБИЛИ...


www.kapital.mk

Капитал број 915 12.05.2017

44

ТЕЛЕКОМУНИКАЦИИ

појдовен сообраќај за 19,2%, како и намален дојдовен меѓународен сообраќај. На пазарот за мобилна телефонија компанијата има удел на пазарот од 50,2% со база на претплатници од 1,258 милиони, зголемена за 2,3% , а приходите од оваа дејност се намалени за 5,3%. Ова во Телеком го објаснуваат со помалите приходи од говорен роаминг и од припејд, како и помалиот мобилен сообраќај од меѓународни дојдовни повици. Во делот на фиксниот интернет и ТВ, базата на DSL корисници на крајот од 2016 Телеком има благо намалување од 0,3% во споредба со 2015, на 189 илјади корисници, додека уделот на пазарот на широкопојасен интернет за истиот период е 47,9%. Во однос на ТВ пазарот, Телеком има 25,9% удел (интерна проценка) и зголемување на бројот на корисници на IPTV (дигитална телевизија преку интернет протокол) преку различните пакети за 4,1% што резултираше со база од 107,7 илјади корисници на крајот од 2016 година. Приходите од малопродажен интернет и дигитална телевизија на крајот од 2016 се зголемија за 4,1%. Приходите пак од неговорни мобилни услуги во 2016 година се зголемија за 20,1% во споредба со претходната година, како резултат на зголемените приходи од мобилен интернет и поголем GPRS сообраќај и зголеменото користење на податочни тарифни модели делумно компензирани од намалените приходи од малопродажни СМС пораки. Сите овие движења кај приходната и трошочната страна на Телеком доведоа до намалување нето добивката за 16,6% во споредба со 2015, со износ од 16,8 милиони евра. Вкупните инвестиции на компанијата во 2016 биле речиси на исто ниво како и годината претходно, односно околу 33 милиони евра. Во оне.Вип како компанија што во втората половина на 2015-та ги спои операциите на Оне и Вип оператор, вториот и третиот по големина оператори на пазарот, вкупните приходи минатата, 2016 година, беа 119,4 милиони евра, што е за 47,3% повеќе во однос на 2015 (кога финансискиот извештај ги опфаќаше операциите само на Вип, н.з.). Од оваа сума, 92,4 милиони евра се од мобилната телефонија кај што се бележи раст од 29,5%, повторно како резултат на спојувањето на двете компании, додека 27 милиони евра се во фиксната телефонија и останатите сегменти, со пораст од 12,1%. Компанијата има 1,103 милиони претплатници во мобилната телефонија, за 5,1% помалку во однос на 2015, со што зазема 49,5% од пазарот. Вкупните капитални инвестиции на оне.Вип во 2016 година изнесувале 35,4 милиони евра, што е за околу 14 милиони евра повеќе во однос на 2015. Во првиот квартал од годинава пак, оне. Вип има приходи од 27,3 милиони евра, што е за 6,2% помалку во однос на истиот квартал лани, при што приходите во мобилната телефонија се 20,8 милиони

ШТО Е СЛЕДНОТО ГОЛЕМО НЕШТО? Добивме брз интернет на нашите смартфони, гледаме видеа тешки по неколку гигабајти и сл., споделуваме слики и документи на cloud, закачени сме на социјалните мрежи по цел ден...Што е следното големо нешто во мобилната технологија и кога тоа ќе дојде во Македонија?

Д

енес во светски рамки се зборува за технологијата на иднината – 5G. Оваа технологија не само што ќе донесе поголема стабилност на сигналот и побрз интернет, туку и ќе направи голем исчекор во секојдневниот живот и бизнисот. 5G сосема ќе го смени начинот на кој функционира нашето општество: машините ќе комуницираат со други машини, ќе живееме во паметни домови и паметни градови, ќе возиме паметни автомобили, како и многу други придобивки, кои денес не можеме ни да ги замислиме. Се очекува оваа технологија да биде имплементирана во Европа до 2020 година. евра со пад од 5,5%, додека во фиксната телефонија и останатите услуги приходите се 6,5 милиони евра и бележат пад од 8,3%. Падот на вкупните приходи во оне.Вип го објаснуваат главно со падот на приходите од интерконекцијата, и во мобилната и во фиксната телефонија. Бројот пак на претплатници што е намален за 3,5% се должи на тоа што корисниците продолжуваат да се префрлаат од повеќекратни припејд во единствени постпејд договори. Вкупните

“Македонски Телеком, како дел од Дојче Телеком групацијата секако ќе има предност во воведувањето на оваа технологија што се очекува целосно да го смени секојдневието на луѓето. Од друга страна сé поголемиот развој на Cloud и ICT целосно ги менува, дигитализира одредени сегменти од општеството: проектот ‘паметен град’ на Македонски Телеком овозможува електронско плаќање со смарт картичка и систем за следење во реално време на автобусите, проектот ‘смарт училници’ пак преку примена на новите технологии го модернизира образованието, овозможува интерактивна комуникација помеѓу учениците и професорите и учење од далечина итн. Новите технологии полека но сигурно го менуваат светот во кој живееме, токму затоа и инвестициите во овие технологии и иновативните решенија се клучни за успехот на телекомуникациските оператори. “, ни одговорија од Македонски Телеком на прашањето што да очекуваме следно на полето на телеком технологиите. трошоци се намалени за 7% во првиот квартал, претежно заради пониските трошоци за интерконекција, како и заради заштедите во техничкиот дел и администрацијата. На крајот, падот на вкупните приходи не можел да биде целосно покриен со падот на вкупните трошоци што води кон намалување на добивката пред оданочување, депрецијација и амортизација за 3,2% во првиот квартал, која изнесува 5,9 милиони евра. nnn

ПРОБЛЕМ: ПАЃААТ ПРИХОДИТЕ ОД ГОВОРНИ УСЛУГИ И СМС ПОРАКИ



РЕАКЦИЈА По објавувањето на текстот со наслов “Земјоделскиот југоисток против тешката рударска индустрија” во магазинот Капитал број 913 од 27.04.2017 година, компанијата САРДИЧ МЦ ДООЕЛ испрати реакција до редакцијата на магазинот Капитал, која ја објавуваме во целост. Почитувани, Со должна почит кон Вашиот магазин и Вашата редакција, Компанијата САРДИЧ МЦ ДООЕЛ Скопје во интерес на објективното информирање на јавноста за изградбата и идното функционирање на Рударскиот комплекс за производство на катоден бакар КазандолВаландово, се обраќа со Барање за објава на овој Демант и одговор на одредени наводи содржани во сторијата со наслов “Земјоделскиот југоисток против тешката рударска индустрија” објавена на ден 27.04.2017 година на интернет страницата „http:// kapital.mk/zemjodelstvo-vs-rudarstvo-ima-li-makedonijastrategija/“ и во печатеното издание на Вашиот магазин бр.913 од ден 28.04.2017 година. Компанијата САРДИЧ МЦ ДООЕЛ Скопје ги демантира наводите објавени во сторијата дека: „Еколозите и експертите за животна средина предупредуваат дека отворањето на рудници за металични минерални суровини во овој дел од земјата ќе го загрозат еколошки чистото земјоделско производство“ кој е објавен во сторијата веднаш по информацијата дека Концесијата за експлоатација на бакар, злато и сребро, за период од 30 години, на локалитетот во валандовско Казандол, ја доби Компанија САРДИЧ МЦ ДООЕЛ Скопје, како и наводот дека „Експертите за животна средина, предупредуваат дека не постои ниту еден регион во Европа каде што има рудници за експлоатација на благородни метали со отворен коп и преработка на рудата со лужење, односно екстракција на металите со цијанид или сулфурна киселина“. Во овие наводи и во целокупниот текст на сторијата не се именувани еколозите и експертите за животна средина чие што наводно предупредување го објавува Вашата редакција, ниту пак се објавени нивните научни и стручни образложенија во поткрепа на таквото наводно нивно предупредување, заради што овој навод не претставува објективна информација и како таков е објавен како невистина која создава забуна, предизвикува непотребна паника и погрешна претстава за Рударскиот комплекс за производство на катоден бакар Казандол-Валандово. Спротивно на овој невистинит навод, Компанијата САРДИЧ МЦ ДООЕЛ Скопје, ги ангажира најдобрите еколошки експерти од Република Македонија, компаниите „Емпирија“ и „Технолаб“, коишто за анализа на можните влијанија врз животната средина и здравјето на луѓето, повеќе од една година многу внимателно собираа податоци, извршија нивна научна обработка и донесоа стручни заклучоци. Заради нивна дополнителна проверка и сигурност во изведените заклучоци за еколошката безбедност на Проектот „Казандол“, Компанијата САРДИЧ МЦ ДООЕЛ Скопје ја ангажираше и финската компанија „Поири“, којашто е водечки европски експерт во областа на заштитата на животната средина и работи еколошки анализи на објекти по целиот свет, почнувајќи од 1958 година. Овие реномирани експерти во анализата на проектот „Казандол“ се раководеа од мошне ригорозните стандарди на меѓународните регулативи и стандарди за заштита на животната средина и нивните заклучоци, кои се засновани на темелното проучување и анализа на конкретните материјали од проектот „Казандол“, тврдат дека Рударскиот комплекс за производство на катоден бакар Казандол не претставува закана за еколошки чистото земјоделско производство и за здравјето на луѓето. Компанијата САРДИЧ МЦ ДООЕЛ Скопје го демантира наводот дека третирањето на рудничкиот материјал [во Казандол] ќе се врши со сулфурна киселина. Во интерес на објективното информирање на јавноста потенцираме дека овој навод е невистинит од причина што рудничкиот материјал во Казандол ќе се третира со многу слаб раствор на сулфурна киселина (4-6 грама на литар) кој воопшто не е опасен бидејќи својствата на ваквиот раствор силно се разликуваат од својствата на сулфурна киселина.

Исто така, ги демантираме наводите дека отворањето на рудникот штетно ќе влијае врз органското производство во регионот и тврдиме дека рудникот ниту ќе ги загадува земјоделските посеви ниту пак ќе ги загадува почвата, водата и воздухот. Во однос на наводот за посоченото растојание на одредени капацитети од местата на кои се произведуваат органски производи потенцираме дека изнесениот навод е неточен затоа што сертификатот за органско производство го доделуваат акредитирани тела кои земаат во предвид низа на аспекти на земјоделското производство и добрата земјоделска пракса, но не и близина во радиус на 50 километри на одреден индустриски капацитет. Напоменувајќи дека Компанијата САРДИЧ МЦ ДООЕЛ Скопје е целосно македонска компанија, која е даночен обврзник и ги плаќа даноците во буџетите на Република Македонија на државно и локално ниво, информираме дека не користиме било какви даночни повластици, а во интерес на објективно и реално информирање на Вашите ценети читатели истакнуваме демант и даваме одговор за неколку целосно неточни наводи изнесени во сторијата од консултантот за животна средина Столе Георгиев кој со нив создава целосно погрешна слика во јавноста. Имено, во сторијата г-дин Георгиев тврди дека „со процесот на лужење, односно третирањето на рудничкиот материјал во Казандол со сулфурната киселина, ќе доаѓа до нејзино испарување, при што е можна појава на локална кисела роса, па дури и кисели врнежи“. Напоменуваме дека воопшто нема да има користење на сулфурна киселина во производствениот процес, а дополнително дека оваа теза не е точна говори и фактот што температурата на испарување на сулфурната киселина изнесува 308 степени Целзиусови, а температурата на испарување на слабите раствори изнесува 110 степени Целзиусови. Ова го тврдиме со образложение дека максималната температура во Валандовскиот регион не надминува 45 степени Целзиусови, и заради тоа очигледно е дека испарувањето не е можно. Во однос на формулацијата „кисели врнежи“ која што ја употребува Г-динот Георгиев, сметаме дека е потребно со Вас и со Вашите ценети читатели да ја споделиме дефиницијата за кисели дождови од учебник по општа хемија која гласи: “Кисели врнежи – широко распространет термин, што означува појава на врнежи коишто содржат смеса од влага и најситни честички на азотен оксид и сулфурен оксид во концентрации, што го надминуваат нормалниот природен фон. Извори на настанување на киселите врнежи може да бидат како природни процеси (вулканска активност, гниење на растителните остатоци), така и човековата активност, пред се исфрлање на сулфур диоксидот (SO2) и азотните оксиди (NO, NO2, N2O3) при согорување на фосилните и моторните горива”. Во контекст на оваа дефиниција потенцираме дека технологијата на лужење што се применува во Рударскиот комплекс за производство на катоден бакар Казандол не генерира ниту сулфур диоксид (SO2) ниту азотни оксиди (NO, NO2, N2O3), чиишто испуштања во атмосферата ја создаваат зголемената киселост на врнежите и заклучно, не можат да бидат причина за „локална кисела роса, па дури и кисели врнежи“. Г-динот Георгиев во сторијата тврди дека „за процесот на електролиза и испирање на рудничкиот материјал ќе бидат потребни огромни количини на вода, при што ќе дојде до зафаќање на околните реки и водотеци чии води ќе бидат вклучени во процесот”, што претставува уште едно несериозно и невистинито тврдење од причина што технологијата применета во „Казандол“ претставува целосно затворен циклус, во кој што водата циркулира во процесот. По

првобитното натопување на рудата, во процесот на експлоатација геотехнолошкиот комплекс се дополнува со вода само во жешкиот период, за компензација на испарувањата на водата и за отпрашување. На оваа тема посочениот господин Георгиев тврди дека „Зафаќањето на водните текови ќе има влијание врз достапната вода за наводнување на земјоделските површини под рудничкиот зафат а употребата на загадена вода во земјоделството може да доведе до уништување на микрофлората и микрофауната на земјоделските површини, но и загадување на земјоделските продукти со тешки токсични метали”, што претставува уште една груба невистина затоа што Компанијата САРДИЧ МЦ ДООЕЛ Скопје со вода се снабдува од сопствени бунари коишто се со длабочина од над 100 метри и користат вода од подлабоките хоризонти, коишто не се користат во општина Валандово. Согласно проектираната технологија која предвидува целосно затворен циклус, целосно е исклучено испуштање на технолошка вода надвор од циклусот. Исто така, неточен е и наводот на Г-динот Георгиев дека рудникот наводно ќе предизвикал големи ризици поврзани со сеизмичката активност на Валандово затоа што сите градежни објекти и целокупната опрема се проектирани со посебно внимание за максималната сеизмичка активност и сите проекти се ревидирани од единствениот надлежен орган во државата, Институтот ИЗИИС, со што сите ризици се пресметани и нивелирани и воопшто нема опасност од сеизмичка активност. Ова се само дел од демантите и објаснувањата за наводите на Г-динот Георгиев кој како стручно лице бил консултиран при изработката на сторијата, а кој за жал не можеме да се согласиме дека располага со целосни и точни информации поврзани со новите и современи производствени линии кои се користат во рударските комплекси насекаде во светот и кои воопшто не влијаат негативно на животната средина. Високо ценејќи ги Вашите професионални напори за објективно информирање на јавноста и бизнис секторот во Република Македонија, очекуваме согласно професионалните новинарски стандарди да ги објавите сите наши деманти и одговори во вашиот медиум како во електронската така и во печатената верзија. Како компанија која е отворена за комуникација со медиумите во Република Македонија, Ве повикуваме за соработка за секоја тема од Ваш интерес. Скопје, 04.05.2017 г. Со почит, САРДИЧ МЦ ДООЕЛ Скопје


ЛИДЕР ВО ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО НА КВАЛИТЕТНИ ГРАДЕЖНИ МАТЕРИЈАЛИ КВАЛИТЕТ-ПРОМ е препознатливо име во областа на трговија со градежни материјали. Наша основна карактеристика по која се разликуваме од другите е целосната посветеност кон конкретните потреби и желби на нашите клиенти. Квалитетот е потврден со сертификати од самите производители. КВАЛИТЕТ-ПРОМ со своето долгогодишно искуство во продажбата и набавката на градежни материјали е докажан бренд на македонскиот пазар. За нашиот квалитет и посветеност кон работата доволно говори долгата референтна листа на задоволни клиенти и соработници. За сите наши производи вршиме транспорт до вашиот објект или склад. Испораката е навремена и бесплатна. Ваше е само да порачате, а ние ќе го организираме сето останато. КВАЛИТЕТ-ПРОМ располага со армирачки погон, јавен царински склад со отворен и затворен простор со можност за складирање на различни видови стока како и со царински терминал за увоз-извоз со можност за сместување на 100 товарни возила.

kvalitet-prom.com.mk


www.kapital.mk

Капитал број 915 12.05.2017

48

ЛИДЕРИ

РЕКОА ЗА... ВЛАДАТА

Ќ

е има влада, ќе нема влада...ќе го даде мандатот, нема да го даде мандатот... Додека сите сме преокупирани со политичката неизвесност на Македонија, поделени до коска на патриоти и предавници, да видиме што големите светски умови низ историјата кажале на овие теми.

Ако ја ставите федералната влада да биде одговорна за пустината Сахара, за 5 години таму ќе има недостиг на песок.

Патриотизам е да ја поддржуваш својата земја цело време, а владата кога ќе го заслужи тоа.

МАРК ТВЕН

американски писател

МИЛТОН ФРИДМАН

американски економист и нобеловец

Секое семејство треба да има право откако ќе плати данок да ги троши своите пари како што сака, а не како што владата диктира. Да им овозможиме избор на луѓето.

Најстрашните зборови во англискиот јазик се: Јас сум од владата и тука сум да помогнам.

РОНАЛД РЕГАН

поранешен претседател на САД

МАРГАРЕТ ТАЧЕР

поранешна британска премиерка

Треба да се намали обемот на владиното трошење, а не фокусот да биде на дефицитот. Дефицитот е само симптом на болеста.

Јас не правам шеги. Само ја следам владата и известувам за фактите.

ВИЛ РОЏЕРС

американски актер и хуморист

ГРОВЕР НОРКВИСТ

американски политички активист



www.kapital.mk

Капитал број 915 12.05.2017

50

ЛИДЕРИ

АРОН ЛЕВИ

ДИРЕКТОР И КО-ОСНОВАЧ НА BOX

ПРЕЗЕМАЈ РИЗИЦИ И ПРОПАДНИ БРЗО. ПОБРЗО ЌЕ ЈА ПОПРАВИШ ГРЕШКАТА Начинот на кој стартапите можат да се натпреваруваат со големите компании е преку фокусирање на оние работи што големите компании не можат да ги прават.

Се се сведува на тоа што се обидуваш да изградиш или промениш и дали другите луѓе сакаат да бидат дел од тоа искуство.

За мене немаат никакво значење парите и престижот. За мене, не постои ништо повозбудливо од луѓе вклучени во креација на големи производи. Тоа е она што ме води и мотивира.

Јас сум опседнат со брзината. Секогаш се прашувам себеси: Можеме ли да ги направиме работите побрзо? Дали за нешто се потребни три состаноци, наместо еден?.

Во првите 20 години од Интернетот, победници беа оние што градеа најдобра инфраструктура. Сега победници се оние кои ќе изградат најдобро доживување на Интернет.

А

рон Леви е американски претприемач и ко-основач на клауд компанијата Box. Станува збор за компанија за складирање на податоци на големи компании преку користење на клауд системи. Идејата која почнала како колеџ проект, Леви ја развива во вистински бизнис и денес многу компании складираат податоци и документи во Box, до кои имаат онлајн пристап во секое време. Денес, над 40% од компаниите од Fortune 500 се клиенти на Box, кој вреди над 2,4 милијарди долари. Еве некои од неговите идеи и размислувања за бизнис.

Повеќе ќе научите за еден ден разговор со клиентите, отколку за една недела бреинсторминг или од една година пазарни истражувања.

Преземај ризици. Пропадни брзо. Ако пропаднеш брзо, може брзо да ја корегираш грешката.




Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.