916 kapital magazin

Page 1

ПОЛИТИКА ЗАЕВ: ГАРАНТИРАМЕ ЗА УНИТАРНОСТА НА МАКЕДОНИЈА

START UP ИДНИНАТА НЕ ТРЕБА ДА СЕ ПРЕДВИДИ, ТУКУ ДА СЕ ИЗМИСЛИ

Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

СВЕТ КИНА ЌЕ ВЛОЖИ 124 МИЛИЈАРДИ ВО ПРОЕКТОТ “ПАТОТ НА СВИЛАТА”

WWW.KAPITAL.MK

МАКЕДОНИЈА СО НОВА ВЛАДА

ШТО ОЧЕКУВА БИЗНИСОТ? n ПАРТНЕРСКИ ОДНОС НА ДРЖАВАТА СО ПРИВАТНИОТ СЕКТОР n РЕФОРМА НА БУЏЕТОТ n ПОДДРШКА НА ДОМАШНИТЕ КОМПАНИИ n НАВРЕМЕНА ИСПЛАТА НА ОБВРСКИТЕ НА ДРЖАВАТА СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ КОРПОРАТИВНА

ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ

КАКО ДА СЕ ПРИДОНЕСУВА ЗА ЗАЕДНИЦАТА, А ДА НЕ СЕ “ОШТЕТИ“ БИЗНИСОТ БРОЈ 916 | ЦЕНА 100 ДЕН. 19 МАЈ 2017 | ПЕТОК | ГОДИНА 18

XIOMI: КРАХОТ НА ЕДЕН БИЗНИС МОДЕЛ



3

Капитал број 916 19.05.2017

СОДРЖИНА

04 04

PROFILE

06

НАВИГАТОР

08

COVER STORY

16

NEXT GENERATION

Скандалите на Трамп го достигнуваат Вотергејт Заев, новиот мандатар: Гарантираме за унитарноста на Македонија Македонија со нова Влада Што очекува бизнисот ? Иднината не треба да ја предвидувате, туку да ја измислите! Провокација за иноватори, стартапи, инфлуенсери и инвеститори

16 25

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ КОРПОРАТИВНА ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ n Како да се придонесува за заедницата, а да не се “оштети“ бизнисот n Комерцијална банка АД Скопје Со дадена шанса, секој може n Донациите во срцето на стратегијата за општествена одговорност на Бимилк INTERVIEW n Олга Костовска претседател на Надзорниот одбор на Еуролинк Осигурување

Општествената одговорност е вткаена во нашата компаниска ДНК n Светски CSR трендови Каква е иднината на нефинансиското известување

42 40

АНАЛИЗА

42

СВЕТ

44

СВЕТ

48 50

ЛУЃЕ И КОМПАНИИ

Рударството е при врвот по загадување на животната средина Претставувањето на новиот Пат на свилата со воздржаност дочекано од ЕУ Xiaomi, некогаш најуспешниот стартап... Рекоа за... парите

ЛИДЕРИ

ИРЕН РОЗЕНФЕЛД

директор и претседател на Mondelez International

GREAT EXPECTATIONS

NEXT GENERATION

КСИАОМИ, СВЕСТИ СЕ ТИ!

Ги прашавме бизнисмените кои се мерките и политиките кои ги очекуваат од новата влада и кои се трите најголеми проблеми со кои таа треба најпрво да се зафати за да им го олесни работењето на компаниите. Тие главно очекуваат навремено плаќање на обврските на државата кон приватните фирми, намалување на бирократијата, реформа на буџетот и повеќе инвестиции во патната, железничката и енергетската инфраструктура на земјата, враќање на владеењето на правото... Но, како најголем приоритет го посочуваат еднаквиот третман на домашните фирми со странските инвеститори.

“На Твитер почнав во 2009 година. Прв што го заследив беше тогашниот американски претседател Барак Обама. И тој беше првиот што ме заследи мене, иако имав нула следбеници. Тоа беше голем успех за еден новајлија меѓу твитерџиите“, со насмевка и раскажа на скопската публика за своите почетоци на Твитер Шон Гарднер, денес од Forbes прогласен за бр.1 Social Media Power Influencer. Гарднер, и уште неколку други извонредни ликови од светот и Македонија пред љубопитната публика составена главно од домашни млади претприемачи, ги споделија своите искуства, совети, а и очекувања за тоа каде ќе се движат технологијата и иновациите допрва.

Кинескиот технолошки џин, Xiaomi, стартапот што беше и меѓу топ три по продажба на мобилни телефони во светот, се соочува со избор целосно да ја промени политиката на компанијата, или да го загуби бизнисот. Долго време Xiaomi го нарекуваа „кинескиот Apple“. Но, стартапот кој во тек на последниве години се наметна на пазарот на смартфони и дури во еден момент стана број три во светот, е исправен пред егзистенцијална криза. Компанијата има пад на продажбата и испадна од Топ 5 на својот главен пазар – Кина. Во исто време ги губи и главните менаџери и дизајнери.

XX Стр. 8

XX Стр. 16

XX Стр. 44

Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје l Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31 l П. ФАХ 503, 1000 Скопје l Директор и одговорен уредник: Љупчо Зиков l Печати: Графички центар Скопје, ул. Скупи бб, 1000 Скопје l Тираж: 3.000 примероци l Датум на печатење: 18.05.2017


Капитал број 908 24.03.2017

www.kapital.mk

PROFILE 4

АМЕРИКАНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ СЕ СООЧУВА СО НАЈГОЛЕМАТА КРИЗА ВО ДОСЕГАШНОТО ПРЕТСЕДАТЕЛСТВУВАЊЕ

СКАНДАЛИТЕ НА ТРАМП ГО ДОСТИГНУВААТ ВОТЕРГЕЈТ

Трамп може да биде обвинет за попречување на правдата, сметаат некои правници имајќи ги предвид информациите од белешките на сега веќе поранешниот директор на ФБИ, Џејмс Коми, дека претседателот на средба во Белата куќа во февруари, од него барал да ја прекине истрагата за поврзаноста на поранешниот советник за национална безбедност, Мајкл Флин, со Русија

О'САЛИВЕН: „НА ТРАМП МУ ТРЕБА ДОБАР АДВОКА


www.kapital.mk

Капитал број 916 19.05.2017

5

Д

Доналд Трамп е исправен пред најдлабоката криза на своето претседателствување, откако белешки на сега веќе поранешниот директор на Федералното истражно биро (ФБИ), Џејмс Коми, покажуваат дека на средба во Овалната соба во Белата куќа во февруари, Трамп побарал од него да престане да ги истражува наводните врски со Русија на Мајкл Флин, ден откако тој поднесе оставка од позицијата советник за национална безбедност. Ова стои во документ за службена употреба, составен од Коми по средбата меѓу двајцата на 14 февруари, односно, помалку од еден месец по стапувањето на Трамп на должноста претседател на САД, соопшти Њујорк тајмс.

Сè похаотична станува ситуацијата во Белата куќа

Проблемите на Трамп продолжуваат да се натрупуваат недела откако тој ненадејно го отпушти Коми. Претседателската администрација, вклучително вицепретседателот Мајк Пенс даваат различни и понекогаш противречни објаснувања за отпуштањето на Коми. Одлуката на Трамп да го разреши од должноста шефот на ФБИ дополнително ги зацврсти сомневањата во однос на претседателот и новата администрација за наводните врски со руската влада. Ова не е првпат името на Коми да предизвика голем медиумски интерес. За време на предизборната кампања во 2016 година, тој ја донесе одлуката да ја обнови истрагата против Хилари Клинтон за користењето приватен сервер додека била државен секретар, со што, според многу аналитичари, извршил влијание на резултатот од претседателските избори. Порано годинава Мајкл Флин поднесе оставка како советник за национална безбедност во Белата куќа, и тоа денови по неговото назначување на функцијата. Ова се случи откако беше откриено дека Флин разговарал за американските санкции против Русија со рускиот амбасадор во Вашингтон, Сергеј Кисљак. Во понеделникот, исто така, стана јасно дека Трамп разговарал за високо тајна информација со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Станува збор за разузнавачка информација во однос на плановите на Исламската држава што САД ја добиле преку свој сојузник.

Документот на Коми

Според Њујорк тајмс документот содржи коментари на Трамп како: „Се надевам дека ќе најдеш начин да заврши тоа, да го оставите Флин на мир. Тој е добро момче. Се надевам дека можеш да ставиш крај на тоа“.

МАЈКЛ ФЛИН Белешката е дел од серија записи што Џејмс Коми ги водел при разговорите во живо и на телефон со претседателот Трамп околу истрагата за Мајкл Флин. Информацијата за постоење на документот е потврдена од високи функционери на ФБИ, како и од блиски соработници на Коми. Поради мерки за безбедност, новинарите на Њујорк тајмс што го открија постоењето на документот за кој станува збор, не добиле директен пристап до него, но вработени во ФБИ им го прочитале делот што е пренесен, вклучително и цитираните изјави на Трамп.

Што ќе следи понатаму?

Со последниве случувања уште еднаш новиот претседател на САД си го навлече гневот како на демократите, така и на членови на Републиканската партија. Републиканскиот конгресмен, Џејсон Чејфетс, кој е претседател на Комитетот за надзор и реформи, му дал рок од 24 часа на вршителот на должноста директор на ФБИ, Ендрју Макаби, да му ги достави документите од Коми. Поради големата правна јурисдикција, Комитетот предводен од Чејфетс е еден од најважните во Конгресот на САД, а неговиот претседател може да издава покани без одобрување од другите членови. Но, изгледа дека сите во ова тело се единствени. „Ова е веќе премногу. Конгресот навистина треба да стигне до дното на овој случај“, гласи коментарот на еден од демократите во Комитетот. Во официјалната изјава Белата куќа одрече дека Трамп барал да прекинат какви и да се истраги, вклучително и оние против генералот Флин, и додаде оти претседателот има голема почит кон органите што го спроведуваат законот. „Ова не е вистина и не е коректно пренесување на разговорот меѓу претседателот и господинот Коми“, изјавија од Белата куќа. И покрај тоа што коментар од

ЏЕЈМС КОМИ претседателот сè уште нема (до затворањето на овој текст), тимот на Трамп испратил и-меил со наслов „саботажа“, во кој се критикуваат медиумите поради обид да ја разнишаат довербата во него. „Луѓе во администрацијата кои не биле избрани од народот, сакаат да го саботираат претседателот Трамп, како и целото движење „Америка на прво место““, пишува во текстот на меилот.

Какви последици може да претрпи Трамп?

Иако она што се дозна за случајот покажува дека не се работи за директно барање да се прекине истрага, правниците коментираат дека пристапот на претседателот може да се оцени како попречување на правдата. Трамп може да го има истиот проблем и со отпуштањето на Коми – претседателот има право на тоа, но ваков пристап може да биде толкуван како попречување на правдата, што се прави со цел да се попречи или да се запре истрага. Поранешниот федерален обвинител на САД, Џули О'Саливан, кој предава кривично право поврзано со административни и финансиски престапи на универзитетот Џорџтаун, вели за Њујорк тајм за претседателот: „Тој навистина има потреба од добар адвокат, зашто сам си прави големо дело против себе“. „Да му каже претседателот на САД на директорот на ФБИ да прекине потенцијална истрага за престап е попречување на правдата. Токму поради ова Ричард Никсон даде оставка“, гласи коментарот на професорот по право од Универзитетот на Калифорнија, Ирвин Черимински. Други правници сметаат дека ако опишаното е точно, тоа не доволно силен доказ за попречување на правдата, а попрво е изнудување или притисок врз органите на редот. nnn

АТ - САМ ПРАВИ ГОЛЕМО ДЕЛО ПРОТИВ СЕБЕ“


www.kapital.mk

Капитал број 916 19.05.2017

6

НАВИГАТОР ИЗЈАВА НА НЕДЕЛАТА

> БРОЈКА

14,1%

е намалена вредноста на договорените работи во странство во првиот квартал

ОТВОРЕН НОВИОТ САЛОН НА „

ЏОН МЕКЕЈН

Аферата со претседателот Доналд Трамп достигна размери на скандалот Вотергејт. Неприфатливо е Трамп да се сретне со Лавров во Овалната соба, a секој ден се појавуваат нови аспекти од аферата

републикански сенатор

С

о отворањето на новиот продажен салон на „Божиновски часовници и накит“ понудата на Skopje City Mall се збогатува со голем број нови престижни брендови како Omega, Breitling, Montblanc, Longines, Hamilton, Tissot , Ititoli, Calvin Klein, Swatch, FlikFlak и Troika; сите со уникатна и незаменлива приказна, но идеално и хармонично вклопени во приказната на „Божиновски часовници и накит“.

ЗАЕВ, НОВИОТ МАНДАТАР:

ГАРАНТИРАМЕ ЗА УНИТАРНОСТА НА МАКЕ

фото: МИА

П

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, во средата, непосредно пред затворањето на овој текст, му го врачи мандатот за состав на Влада на лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Соопштението дека претседателот ќе му го додели мандатот на Заев, од кабинетот на Иванов го испратија неполн час пред настанот, додека медиумите сè уште имаа дилеми дали ќе заврши „пинг-понг партијата со гаранциите“, пред шефот на државата да отпатува во Виена, па во Москва. Иванов во изјавата пред врачувањето рече дека се отстранети пречките за доделување на мандатот за формирање Влада, односно оти се обезбедени гаранциите што ги бараше за зачувување на унитарноста на државата и почитувањето на Уставот. „Пречките за доделување мандат за состав на Влада на Република Македонија се отстранети. Денеска пристапуваме кон исполнување на член 84 алинеја 1 од Уставот на Република Македонија за определување на мандатар за состав на Влада на Република Македонија. Коалицијата предводена од СДСМ која има мнозинство во Собранието на Република Македонија го предложи

г. Зоран Заев да биде кандидат кому ќе му биде доверен мандатот за состав на влада на Република Македонија“, рече Иванов. Заев се заблагодари и посочи дека се отстранети двете пречки за доделување на мандатот, со тоа што претседателот на Собранието, Талат Џафери, испрати писмо до претседателот Иванов, а тој (Заев) како мандатар во име на парламентарното мнозинство испорачал изјава во форма на гаранција. Лидерот на СДСМ ја прочита и изјавата во која се содржани гаранциите. „Прво, гарантираме заштита на унитарноста, суверенитетот,

територијалниот интегритет, независноста и мултиетничноста на Република Македонија. Гарантираме заштита на уставниот поредок и територијалната целина на Република Македонија. Гарантираме заштита на државните интереси и унапредување на животот на сите граѓани без оглед на етничката, религиската и јазичната припадност. Гарантираме дека процесот на носење на одлуките за граѓаните на Република Македонија ќе биде во согласност со основните демократски принципи и владеење на правото, не доведувајќи ја Република Македонија во положба на потчинетост или зависност спрема


www.kapital.mk

Капитал број 916 19.05.2017

7

„БОЖИНОВСКИ ЧАСОВНИЦИ И НАКИТ“ ВО SKOPJE CITY MALL „Во последно време кога и да погледнев во мојот часовник стрелките ми покажуваа во правец на Skopje City Mall, зборувајќи ми дека е време приказната за „Божиновски часовници и накит“ да ја претставиме пред посетителите на овој трговски центар, како добар почеток на бројните предизвици пред кој е исправена нашата компанија во периодот кој следи. Не се ни посомневав дека веднаш треба да ги послушам, затоа што кога пак ќе ги вратам стрелките назад

во изминатите 20 години од појавувањето на уникатниот Swatch во Македонија во 1997 година, па сè до неодамнешниот успех кога како компанија станавме овластен застапник и дистрибутер на престижните часовници Omega, тие секогаш ми ја покажувале вистинската насока кон која нашата компанија треба да се движи“, изјави сопственикот и генерален менаџер на „Божиновски часовници и накит“, Игор Божиновски.

> БРОЈКА

30%

е намален откупот на земјоделски производи од индивидуални земјоделци во првиот квартал

лидери

ЕДОНИЈА друга држава. Ниту еден документ, платформа, декларација, акт или дејствие кое е спротивно на горенаведените ставови не може да биде услов ниту основа за формирање и дејствување на владата на Република Македонија“, наведе Заев во изјавата при доделувањето на мандатот. Заев, според Уставот, во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието треба да му поднесе програма и да го предложи составот на Владата. Владата, на предлог на мандаторот и врз основа на програмата, ја избира Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. Актуелното парламентарно мнозинство во 120-членото Собрание на Македонија има поддршка од 67 пратеници од СДСМ, ДУИ, БЕСА и Алијансата на Албанците. Заев во изјава откако го доби мандатот од Иванов порача дека сепак очекува формирање на владата за помалку од 20 дена, односно за десет или помалку денови. „Преку помирување и подадени раце, ве повикувам сите, бидејќи сме потребни кон овој процес, иднината на нашите деца е во прашање, затоа испраќам порака, да ги оставиме изолацијата, омразата, деструктивните политики кои ни ги уништија животот. Новата влада ќе биде влада на сите граѓани, ќе создадеме правна и правична држава на сите граѓани, почнуваме да градиме општество на сите граѓани“, нагласи тој. Веднаш по врачувањето на мандатот за составување влада, дојде заедничката изјава на Високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини, и

Иако Уставот дава рок од 20 дена за предлог за влада по врачувањето на мандатот, мандатарот Заев рече дека очекува оти новата влада што ја најави како „влада на сите граѓани, во правна и правична држава, во општество на сите што почнуваме да го градиме“, ќе се формира веќе за десетина дена на еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан. Тие очекуваат брзо формирање на влада посветена на реформите. „Ја поздравуваме одлуката на претседателот Иванов да му го даде мандатот за формирање влада на господинот Заев, како важен чекор во процесот на формирање на влада. Се надеваме дека овој конструктивен дух ќе продолжи да преовладува, така што земјата ќе може конечно да излезе од политичката криза. Сега очекуваме брзо формирање на влада која ќе биде посветена на спроведувањето на сите делови од договорот Пржино и Итните реформски приоритети“, се вели во соопштението на Хан и Могерини. Двајцата во име на ЕУ повикаа и на сплотеност на партиите во враќањето на Македонија на евро-атлантскиот пат и изразија подготвеност да ја поддржат навата влада предводена од Заев. „Ги повикуваме сите парламентарни партии да ги остават нивните поделби настрана и да работат заедно на заедничката агенда за реформи, за земјата да се врати назад на патот на евроатланската интеграција. Тоа е она што го луѓето сакаат и го заслужуваат. Ние сме подготвени да ја поддржиме новата влада во нејзините реформски напори“, потенцираат Хан и Могерини. nnn

АНГЕЛА МЕРКЕЛ

Победата на изборите во најнаселената германска покраина ѝ ја зацврсти позицијата во трката за четврти мандат

ЕДУАР ФИЛИП

Маркон го избра за премиер на Франција иако не е од неговото движење, но ја симболизира политичката обнова

не им беше неделата

РАМУШ ХАРАДИНАЈ

На општа меѓународна осуда наиде неговата изјава за припојување „третина од територијата на Србија кон Косово“

САТОШИ ЦУНАКАВА

Загубата на Toshiba во изминатата фискална година може да биде 8,4 милијарди долари


Капитал број 916 19.05.2017

8

COVER STORY

www.kapital.mk


COVER STORY

www.kapital.mk

Капитал број 916 19.05.2017

9

МАКЕДОНИЈА СО НОВА ВЛАДА

ШТО ОЧЕКУВА БИЗНИСОТ? n ПАРТНЕРСКИ ОДНОС НА ДРЖАВАТА СО ПРИВАТНИОТ СЕКТОР n РЕФОРМА НА БУЏЕТОТ n ПОДДРШКА НА ДОМАШНИТЕ КОМПАНИИ n НАВРЕМЕНА ИСПЛАТА НА ОБВРСКИТЕ НА ДРЖАВАТА n РЕШЕНИЕ ЗА НЕЛИКВИДНОСТА n РЕФОРМА НА ПРАВОСУДНИОТ СИСТЕМ n ДОЛГОРОЧНА СТРАТЕГИЈА ЗА ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ Бизнисмените главно очекуваат навремено плаќање на обврските на државата кон приватните фирми, намалување на бирократијата, реформа на буџетот и повеќе инвестиции во патната, железничката и енергетската инфраструктура на земјата, враќање на владеењето на правото... Но, како најголем приоритет го посочуваат еднаквиот третман на домашните фирми со странските инвеститори.


www.kapital.mk

Капитал број 916 19.05.2017

10

COVER STORY

Бизнисмените се едногласни дека новата влада мора да донесе мерки за зголемување на конкурентноста на домашните фирми.

O пишува:

Биљана Здравковска Стојчевска biljana.zdravkovska@kapital.mk

Откако претседателот Ѓорѓе Иванов му го додели мандатот за составување на влада на лидерот на СДСМ Зоран Заев, конечно се отвори патот Македонија да добие нова влада и да се надмине блокадата на институциите од која најмногу страда бизнисот. Повеќе од јасно е дека новата влада ќе ја чека тежок период во кој треба да се носат тешки економски одлуки, да се стави под контрола растечкиот јавен долг, да се враќаат милионските кредити кои стигаат за наплата, но истовремено да не се загуши економскиот раст. Просторот за маневар е мал, па новата влада ќе треба да одлучи дали ќе продолжи со скапите и популистички политики на дарежливи субвенции или конечно ќе создаде услови и простор компаниите да почнат да почнат да инвестираат и да отвораат нови работни места. Бизнис заедницата во Македонија очекува што побрзо враќање на стабилноста и создавање на нормални услови за водење на бизнисот. Но, колку и да звучи ова едноставно и како шаблон, враќањето на состојбата во нормала нема да биде

воопшто лесно. Магазинот Капитал ги праша бизнис коморите, кои се претставници на најголем број на компании во Македонија, кои се мерките и политиките кои ги очекуваат од новата влада и кои се трите најголеми проблеми со кои таа треба најпрво да се зафати за да им го олесни работењето на приватните компании. Бизнисмените главно очекуваат навремено плаќање на обврските на државата кон приватните фирми, намалување на бирократијата, реформа на буџетот и повеќе инвестиции во патната, железничката и енергетската инфраструктура на земјата, враќање на владеењето на правото... Но, како најголем приоритет го посочуваат еднаквиот третман на домашните фирми со странските инвеститори. Бизнисмените се согласни дека новата влада приоритет мора да даде на реалните економски проблеми со кои се соочуваат компаниите. Минатата година Македонија ја заврши со ниско ниво на економски раст, а намалената активноста на компаниите, како последица на политичката криза и блокадата на институциите, ги влоши проблемите со ликвидноста и ги зголеми отпуштањата од работа. Стопанствениците наведуваат дека прв показател за потребата од конкретни решенија во економијата е падот на индустриското производството во март. Бизнисмените порачуваат дека новата владата мора да отвори општествена дебата за економските приоритети – односно што сака да постигне со трошењето на буџетските пари, кое мора да биде максимално транспарентно. Односно дали во следниот период ќе се финансираат инфраструктурни објекти,

дали би се финансирале иновациите и start up бизнисите, или и понатаму да ги зголемува тековните трошења. Бизнисмените предупредуваат дека новата влада не смее да продолжи да се однесува неодговорно и да не ги исплаќа на време долговите кон стопанството. Неофицијално, долгот на државата и јавните претпријатија кон приватниот сектор достигнува до една милијарди евра, што е прилично голема сума на пари. Она што е повеќе од очигледно е дека на приватниот сектор во Македонија му се потребни свежи пари за да може воопшто да покаже некакви економски резултати. На новата влада и останува да одлучи на кој начин тоа ќе го спроведе, дали преку државната развојна банка, преку пополни кредити кај комерцијалните банки, поволни европски фондови и кредитни линии...

Домашните компании мора да бидат приоритет на новата влада

Бранко А зе ски претседателот на Стопанската комора, која e претставник на најголемите компании во земјава, вели дека реформата на правосудството, решавање на неликвидноста кај компаниите и сивата економија се трите најгорливи проблеми се кои новата влада треба приоритетно да се зафати. Но, за овие проблеми да бидат надминати, вели тој, потребно е претходно спроведување на низ конкретни мерки кои се систематизирани и поткрепени во 10-те барања на Стопанската комора на Македонија кои се во интерес и на целата држава, а не само за бизнисот. Моделот за економски развој на Македонија кој го предложи Стопанската комора на Македонија се базира на 10

АЗЕСКИ: ПОТРЕБНИ СЕ ДИРЕКТНИ ИЗВОЗНИ СТИМУЛАЦИИ ЗА ДОМАШНИТЕ КОМПАНИИ


www.kapital.mk

Капитал број 916 19.05.2017

11 Р

А

ФАТМИР БИТИЌИ

извршен директор на Стопанската комора на Северозападна Македонија

ко би требало да поставиме приоритети за новата Влада, прв приоритет според на би бил ребаланс на Буџетот и намалување непотребните и непродуктивни трошоци, за сметка на зголемувањето на капиталните инвестиции. Втор приоритет би бил започнување на отворен дијалог со сите чинители во општеството за долгорочна стратегија за економски развој на земјата. ез овој чекор, залудни ќе бидат сите поединечни мерки што евентуално владата ќе ги започне”.

клучни столбови. Тоа се изработка на нов модел на економски развој кој ќе ги поттикне производството и извозот, стратегија за забрзан економски развој, во чија основа ќе биде и економската поврзаност со претприемачите од малите земји, задолжителна консултација на бизнисот при донесување на законите и подзаконските акти, поддршка и промоција на извозот како потреба на бизнисот и привлекување на странски инвестиции како приоритет за зголемување на надворешнотрговската размена, социјално партнерство

БРАНКО АЗЕСКИ

претседател на Стопанската комора на Македонија

и трипартитен дијалог, подобрување на состојбите во правосудството како императив за подобра бизнис клима, квалитетни и брзи услуги испорачани од државната администрација, создавање на кадар во согласност со потребите на стопанството, научно-истражувачки анализи и вистински дијалог, а не паушални констатации и кадровско и организационо подигнување на Стопанската комора. Азески вели дека тие како Стопанска комора се Македонија да продолжи со политиката на привлекување на странските

еформата на правосудството, решавање на неликвидноста кај компаниите и сивата економија се трите најгорливи проблеми се кои новата влада треба приоритетно да се зафати. Но, за овие проблеми да бидат надминати, потребно е претходно спроведување на низ конкретни мерки кои се систематизирани и поткрепени во 10-те барања на Стопанската комора на Македонија, кои се во интерес и на целата држава, а не само за бизнисот”.

директи инвестиции, но истовремено да се поддржат домашните компании преку директни стимулации на извозот и реиндустријализацијата и преку изградбата на вистинска развојна банка кој ќе биде поддршка на развојните политики. “Она што можам да го кажам е дека агресивната политика на владата во делот на привлекувањето на странските инвеститори како да ги фрустрира домашните инвеститори, а не ги поттикна. Мислам дека требаше да има конкретна алтернативна поддршка на домашниот


www.kapital.mk

Капитал број 916 19.05.2017

12

COVER STORY

бизнис која требаше да оди преку државната развојна банка Македонска банка за поддршка на развојот (МБПР). За жал, оваа државна банка не успеа да се трансформира на начин на кој ќе може да биде сериозна поддршка на домашната компанија, преку поевтино кредитирање

на компаниите, преку осигурување на извозот и другите инструменти кои се на располагање. Државната развојна банка треба да расчисти каква ќе биде нејзината позиција, дали ќе биде сервис на државата или ќе биде комерцијална банка која што ќе конкурира на другите банки”, вели Азески.

Тој смета дека се потребни директни извозни стимулации за извозните компании и за реиндустријализација. “Извозните компании најдобро ја поминуваат кризата низ која минува државата. Тоа се компании од индустријата, бидејќи за жал Македонија на овој степен на технолошки развој во кој

ШТО ВЕТИ СДСМ ВО ПРЕДИЗБОРНАТА КАМПАЊА?

С

ДСМ во својата програма се позиционира како доминантен поддржувач на домашните фирми. “Eкономијата не може да успее со сегашниот модел на развој кој се базира на странски инвестиции, ниски плати и државни инвестиции во фасади, споменици и административни згради“, пишува во изборната програмна на СДСМ. „Нашиот модел на развој се базира врз поддршка на домашните претпријатија, раст на продуктивноста и долгорочни инвестиции. За нас странските инвестиции се дополнување на домашните, но не и нивна замена“, се потенцира во програмата алудирајќи на нееднаквиот однос меѓу странските и домашните инвеститори на кој што досега се жалеа менаџерите на македонските компании. „Развојот на домашните претпријатија, пред сè на малите и средните претпријатија, ќе биде наш приоритет. Годишната државна поддршка за поттикнување на домашните претпријатија ќе изнесува 20 милиони евра во првата година, а ќе достигне 50 милиони евра во последната година од мандатот. Овие средства ќе бидат дополнети со надворешни кредитни линии, како на пример од Европската инвестициона банка“, наведува СДСМ. Еден од проектите за поддршка на домашните компании на СДСМ е финансирање на 25% од збирот на вкупниот трошок за инвестиција и бруто трошокот за секое ново работно место. „Поддршката ќе се одвива преку два канала: директна поддршка во износ од 1.000 до 2.000 евра, во

денарска противвредност, врз основ на висината на платата за секое новоотворено работно место, каде работодавачот презема обврска да исплаќа бруто плата во период од 2 години; и ослободување од плаќање на данок на добивка и имот во наредните 5 години. Вкупно искористените средства по двата основа не може да надминат 25% од збирот на трошоците за инвестицијата и бруто платата за првите две години за новите вработени“. СДСМ ветува и дека ќе овозможи намалување на каматната стапка на кредитната линија од ЕИБ од сегашните 5,5% на 3% годишно. „Во моментните услови на пазарот,каматна стапка од 5,5% не може да се третира како поддршка“, пишува во програмата на СДСМ. Развојот на малите и средни фирми според СДСМ, неминовно е поврзан со пристапот до пари и за таа цел партијата меѓу своите проекти наведува докапитализација на Македонската банка за поддршка на развојот (МБПР) и зголемување на нејзината улога во економијата. Притоа партијата планира да основа гарантна шема преку МБПР за два поединечни производа – инвестициски кредит за секоја компанија која може да обезбеди 15% сопствено учество за инвестициски проект, државата преку МБПР да обезбеди гаранција во висина од 75% од инвестицијата, а 10% да останат ризик на банката; и кредит за обртни средства односно државна гаранција за секоја мала или средна фирма која има потреба од краткорочен кредит за обртни средства до износ од 30.000 евра, со рок на отплата до 1 година. Меѓу останатите проекти за

финансиска поддршка на фирмите, СДСМ планира да воведе микро кредитна линија за поддршка на start up и микро компании до 10 вработени во висина до 15 илјади евра и кредитна линија „Заем за франшиза и мешовити инвестиции” до 50 илјади евра. „Поради помалите износи и ризикот деловните банки да немаат соодветен интерес за овие линии, тие директно ќе се реализираат преку МБПР“, предлага СДСМ. Освен тоа, СДСМ во програмата ветува основање на инвестициски фонд за вложување во start up бизниси и мали и средни фирми со малцинско учество на државата, а преку 51% да биде во приватна сопственост. Во програмата, СДСМ се задржува на неколку болни точки што бизнисмените во последните неколку години ги посочуваа како најголеми проблеми. На пример, ветува дека владата и јавните претпријатија нема да доцнат во плаќањето на своите обврски по основа на склучени договори, набавени стоки или услуги. СДСМ се обврза да ја оттргне политиката од економскиот живот преку низа мерки и измени на законите кои ќе значат минимизирање на можноста државните институции да ги уценуваат фирмите и планира да воведе постојана комуникација меѓу бизнис – заедницата и владата. Во врска со казнената политика, СДСМ потенцира дека превенцијата инспекциските служби нема да бидат инструмент за репресија и политички притисоци. „Прво – опомена за сторен прекршок; само при негово повторување – казна“, предвидува СДСМ.



www.kapital.mk

Капитал број 916 19.05.2017

14

COVER STORY

се наоѓа не може да продава ум, туку некој производ кој ќе го произведе индустријата, вели Азески. Фатмир Битиќи, извршен директор на Стопанската комора на Северозападна Македонија вели дека од новата влада пред се очекуваат многу поразличен пристап во однос на економскиот развој, како и кон самите стопанственици. “Очекуваме односoт на новата влада со бизнис заедницата да биде партнерски, како и јасно и долгорочно да се одредат правците на развој. Очекуваме јавно да се зборува за меѓусебните договорни обврски, и истите да се подмират во разумен рок. Исто така сметам, дека менувањето на курсот на поддршка на домашните компании наспроти странските инвестиции е нужно, и дека тоа среден рок ќе даде поголеми резултати отколку претходната владина политика на поддршка единствено на странските компании”, вели Битиќи. Тој е свесен дека новата Влада во следниот период ќе се соочи со огромен број на предизвици и дека ќе биде многу тешко да се постават приоритетите во ситуација која наметнува жестока економска агенда

за оправување на економијата. “Ако би требало да поставиме приоритети за новата Влада, прв приоритет според на би бил ребаланс на Буџетот и намалување непотребните и непродуктивни трошоци, за сметка на зголемувањето на капиталните инвестиции. Втор приоритет би бил започнување на отворен дијалог со сите чинители во општеството за долгорочна стратегија за економски развој на земјата. Без овој чекор, залудни ќе бидат сите поединечни мерки што евентуално владата ќе ги започне. И трето, сметаме дека треба да има конкретни чекори на враќање на владеење и за неселективно спроведување на законите. Ова последното, особено е важно за да се врати довербата на стопанството во институциите и владеење на правото. Со ваквите чекори во макро економски аспект, работите на микро ниво полека ќе почнат да се движат во позитивна насока”, вели Битиќи, нагласувајќи дека приоритет мора да имаат домашните компании, кои се реалниот двигател на нашата економија. Бизнисмените велат дека неможноста да се формира влада во Македонија дури и пет

месеци по изборите, предизика блокада на институциите и психолошки удар врз компаниите, кои ја намалија економската активност на компаниите. Битиќи вели дека компаниите кои се членки на Комората на Северозападна Македонија во овој кризен период имале многу проблеми кои се одразиле врз влошување на ликвидноста, одложување на инвестициите, одложување на можните партнерски договори, одолговлекување со враќањето на ДДВ-то и слично. Одредени компании, вели Битиќи, се соочуваат со намален обрт во нивното работење дури и до 30%, што значително им ја намалува ликвидноста компаниите и ги доведува во ситуација да не можат навреме да се ги подмират тековните обврски од работењето, како што се редовната исплата на плати и другите краткорочните договорни обврски. “Се на се, политичката криза трае премногу долго и ова е многу тежок период за компаниите. Заради тоа новата влада мора сериозно да поработи на тоа да ја врати довербата на бизнисот”, порачува Битиќи. nnn

БИТИЌИ: TРЕБА ДА ИМА КОНКРЕТНИ ЧЕКОРИ НА ВРАЌАЊЕ НА ВЛАДЕЕЊЕ



Капитал број 916 19.05.2017

16

www.kapital.mk

NEXT GENERATION КОНФЕРЕНЦИЈА НА СЕАВУС И СЕАВУ

ПРОВОКАЦИЈА ЗА ИНОВАТОРИ, СТАРТАПИ, ИНФ

ИДНИНАТА НЕ ТР ДА ЈА ПРЕДВИД ТУКУ ДА ЈА ИЗМ


www.kapital.mk

Капитал број 916 19.05.2017

17

УС ИНКУБАТОР

ФЛУЕНСЕРИ И ИНВЕСТИТОРИ

РЕБА ДУВАТЕ, МИСЛИТЕ!

Одлични панелисти, светски познати гости говорници и многумина млади претприемачи се собраа на втората по ред конференција Next Generation во Скопје да зборуваат за технологиите на иднината и како ќе се финансира нивниот развој. пишува:

Н Игор Петровски

igor.petrovski@kapital.mk

“На Твитер почнав во 2009 година. Прв што го заследив беше тогашниот американски претседател Барак Обама. И тој беше првиот што ме заследи мене, иако имав нула следбеници. Тоа беше голем успех за еден новајлија меѓу твитерџиите“, со насмевка и раскажа на скопската публика за своите почетоци на Твитер Шон Гарднер, денес еден од највлијателните ликови на социјалните мрежи во светот, од Forbes прогласен за бр.1 Social Media Power Influencer. Како прв говорник на конференцијата Next Generation што втора година по ред ја организираа Сеавус и Сеавус инкубаторот во Скопје на 10 мај годинава, Гарднер објасни пред присутните за тоа како успеал да стигне до безмалку еден милион следбеници на Твитер и со кои алатки еден стартап може да го засили своето присуство и влијание на социјалните мрежи. “Прашајте се себеси: Како може да решам нечиј проблем, или пак да поддржам нечија страст за нешто? Кога ќе го сторите ова, вие додавате вредност на вашата активност на социјалните мрежи.“, објасни Гарднер. Тој во првите четири години стигнал до 600 илјади следбеници, а денес има преку 934 илјади. Вели дека има многу начини на коишто може да расте вашата мрежа на Твитер. “Еден од најефикасните е да најдете


www.kapital.mk

Капитал број 916 19.05.2017

18

NEXT GENERATION КОНФЕРЕНЦИЈА

Twitter feed што се поклопува со вашиот во смисла на содржина, и којшто расте стабилно и ги следи своите следбеници. Исто така може да проверите кој прави engagement на својот account околу одредени типови на содржина, и потоа следете ги тие account – и. “, рече

Гарднер. За младите стартапи исто така имаше неколку совети. “Сакате да знаете колку посетители влече вашиот вебсајт или фанпејџ на социјалните мрежи, како ве нашле, колку долго се задржале кај вас, дали

се нови или стари корисници и сл., што е најдобро да користите? Google Analytics и Kissmetrics. Во врска со вашето присуство на социјалните мрежи мора да менаџирате повеќе од нив во исто време, да правите распоред на вашите постови, да ја следите аналитиката, да

ВЛОЖУВАЊЕ ВО СТАРТАПИ

НЕ Е ДОВОЛНО ИДЕЈАТА ДА Е СУПЕР, МОРА И ПАРИ ДА СЕ ПРАВАТ

З

а тоа како донесуваат одлуки оние што вложуваат во стартапи на конференцијата зборуваа и неколку претставници на институционалните и корпоративните инвеститори. Коча Бошку, извршен директор на Сеавус, најголемата ИТ компанија во Македонија, откри дека изминативе 2-3 години тие всушност купиле мнозински удел во девет технолошки стартапи во Европа, од кои два во Македонија и за тоа инвестирале шест милиони евра. “Ние сме заинтересирани за стартапи кои што може да додадат вредност на она што ние го работиме, а особено развојот на интелигентни решенија во гејминг индустријата и онлајн обложувањето. Пред да ги направиме аквизициите, разгледувавме околу 80 компании, во некои направивме длабински дјудилиџенс, во некои не, но на крајот на денот секогаш се работеше за една единствена бројка – а тоа е за колку е спремен продавачот да продаде“, рече Бошку. Според него фино е стартапот да има traction, односно да се знае за нејзиниот продукт, да привлекува внимание во јавноста, но уште пофино е ако почне да остварува приход. “Ако компанијата за 12-18 месеци нема т.н. proof of concept, односно доказ дека нејзината идеја, производ, услуга може да се реализира, нема да привлече инвеститори. Има компании со извонредни идеи, но ако не почне да прават приход, залудно. Тоа за нас како приватна компанија инвеститор е клучно“, додаде Бошку. Јан Коблер, менаџер на регионалниот инвестициски фонд South Ventures Capital кој има канцеларија и во Скопје,

Од лево кон десно: Игор Изотов – Сеавус Инкубатор, Јан Коблер – SCV фонд, Коча Бошку – Сеавус, Мајкл Голд – Кримсон Капитал и Јасмина Поповска, Фонд за иновации

рече дека има многу простор каде да се инвестира на Балканот, дека не се само ИТ стартапите во фокусот, туку има потенцијал за развој и во традиционалните индустрии, недвижностите, земјоделието, итн. “Моја препорака до младите претприемачи од регионов е да не се плашат да ја споделат нивната идеја за продукт или услуга со потенцијалните корисници од страв некој да не им ја украде. Нека излезат од својата земја колку што можат почесто, нека посетат колеги во Белград, Виена, Берлин или Љубљана, нека разговараат со потенцијалните купувачи за да примат фидбек и нови идеи за подобрување на нивниот производ.“, реле Коблер. Јасмина Поповска, директорка на државниот Фонд за иновации и технолошки развој верува дека интересот на стартапите следниот период ќе бидат иновации поврзани со решавање на индивидуалните проблеми и потреби на луѓето, апликации за здравствениот сектор, менаџирање со ограничени

ресурси како вода, енергија, храна... “Ова се области со сè уште голем потенцијал за развој, а ние како институционален инвеститор секогаш пристапуваме на апликациите проект по проект, а не ги разгледуваме индустриските сектори засебно. Апликантите кај нас иако доаѓаат во многу рана фаза на својот развој, сепак треба да имаат некои искуства на корисници, сведоштва за корисноста на производот, барем некоја фокус група која што го тестирала прототипот и сл.“. Мајкл Голд, директор на институцијата за микрофинансирање Кримсон Капитал, присутни во Македонија преку 20 години, ја истакна потребата на стартапите за менторство. “Тоа е различно од консултанството. Вие како ментор не треба да направите нешто наместо нив, да им ја завршите работата што тие не можат односно не знаат да ја завршат. Менторство е кога ги охрабрувате, едуцирате, поттикнувате како самите да ги сфатат нејасните работи и потоа самите да го направат тоа“.



www.kapital.mk

Капитал број 916 19.05.2017

20

NEXT GENERATION КОНФЕРЕНЦИЈА

Stromatolite Design Innovaдржите табови на одредени ЅВЕЗДИТЕ НА NEXT GENERATION 2017 - СКОПЈЕ tion Labs со седиште во клучни зборови и хаштагови НАЈГОЛЕМИ Лондон. КомпанијатаЗАГУБАРИ чиј преку опцијата “streams”.ТОП За 10 ШОН ГАРДНЕР што ко - основач е Магеш во ова најдобри алатки ви се #1 ИНФЛУЕНСЕР НА 2000 година, креира мрежи Hootsuite, Buffer или Simply СОЦИЈАЛНИ МЕДИУМИ на иноватори и советува Measured. Вашиот бренд СПОРЕД FORBES клиенти за тоа како да ги јакнете го така што ќе им претворат своите идеи и помагате на корисниците он Гарднер е ко - основач на истражувања во продукти за да решат некој проблем, ќе серијалот “Twitter Powerhouse пазарот. бидете едукативни, ќе им Series” на Huffington Post, каде што “Мојата работа всушност е давате увид во различни има интервјуирано стотици луѓе да помогнам во создавање интересни теми, ќе имате од различни сфери – технологија, средина каде што смисла и значење, ќе бизнис, здравство, филантропија, креативните луѓе од Европа ги испровоцирате да гастрономија и др. – од 2010 година, и светот ќе може преку размислуваат...“. и е еден од највлијателните ликови своите идеи и иновации да на социјалните мрежи во светот. Заедница од 5000 придонесуваат во развојот Претходно со работно искуство иноватори во Apple и Microsoft, Гарднер има работено и за други Микела Магеш беше втората на различни индустрии и економиите во целина. Така, мултинационални корпорации, но и непрофитни ѕвезда гостин на Next минатата година во Берлин органзиации и стартапи, во делот на развивање нови Generation конференцијата, на Music Tech Fest (платформа маркетинг стратегии за дигиталната ера и социјалните прекрасен говорник и која всушност е производ медиуми. Популарен говорник е на конференции, свои инспиративна личност. на Stromatolite, н.з.) видовме презентации има држено на Харвард универзитетот, Таа моментално живее на како се користи музиката и Смитсониан, како и настани во Лондон, Њујорк, Хамбург, северот од Шведска, од креативноста од страна на итн. Forbes, Entrepreneur, Inc, American Genius се само дел каде што (кога не патува, луѓе од различни светови од медиумите коишто пишувале за неговите совети и алатки а патува многу) ја води за лично брендирање и маркетинг; коментатор бил на CNN, Fox и PBS, a пишувал и за Fast Company и BuzzFeed. Шон е амбасадор и дигитален волонтер за GivingTuesday. org, и помага на оваа фондација на Обединетите нации да се промовира онлајн. Моментално е рангиран како #1 Social Media Power Influencer од страна на Forbes, и препознаен како еден од врвните светски експерти за маркетинг, пишување, совети, мислења и сл., на социјални мрежи.

Ш

МИКЕЛА МАГЕШ

ЕВРОПСКА ЖЕНА ИНОВАТОР НА ГОДИНАТА

М

икела Магеш е добитничка на двете најпрестижни награди на ниво на Европската Унија и тоа во 2017 г. е прогласена за „Жена иноватор на годината“, а во 2016 г. е добитник на „Наградата Луминари за креативна иновација“, чии што претходни добитници се професорот Стивен Хокинг и основачот на Virgin, Ричард Брансон. Сака луѓето да ја доживуваат како “иновациски катализатор“, односно човек кој што ги поврзува световите на науката и уметноста, дизајнот и технологијата, академските истражувања и индустријата, со преку 20 години искуство во иновациите. Основач е на Music Tech Fest, глобална комјунити платформа составена од преку 5.000 креативни иноватори и научни истражувачи. Платформата овозможува тестирање на иновативните решенија во области често многу различни меѓусебно, како неврологија, шумарство или компјутерско програмирање, а нејзини партнери се организации од калибарот на Microsoft Research New England, Centre Pompidou во Париз, Лондонскиот симфониски оркестар и др. Магеш е и директор за иновации на #MusicBricks,европски иновациски проект преку кого што во рацете на креативните творци се пласираат алатки развиени од најдобрите технолошки истражувачки центри во Европа, пред да бидат лансирани комерцијално на пазарот. Во 2000 година Микела Магеш беше ко-основач на Stromatolite Design Innovation Lab, креативна лабораторија за футуристички концепти за клиенти како Apple, Nike, Nokia…


2

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

БАНКИТЕ И БИЗНИСОТ

ЈУНИ

2017

ТОП БАНКИ ЗА 2016 Изминатата 2016 година, иако криза на Македонија, беше една од најдобрите години за македонскиот банкарски сектор. Вкупно 102,8 милиони евра заработија сите банки во земјава во 2016 година и тоа е зголемување на профитот за 36,3% на годишно ниво. Тоа е најголема профитабилност од 2008 година досега. Капитал анализира на што се должи доброто работење и какви трендови не очекуваат годинава. Еве што ќе можете да прочитате во прилогот Банките & Бизнисот:

l НАЈГОЛЕМИТЕ И НАЈДОБРИТЕ БАНКИ ВО МАКЕДОНИЈА l КОИ СЕ БАНКИТЕ КОИ НАЈМНОГУ ГИ КРЕДИТИРААТ ФИРМИТЕ И ГРАЃАНИТЕ l ВО КОИ БАНКИ НАЈМНОГУ ШТЕДАТ ГРАЃАНИТЕ И ФИРМИТЕ? l БАНКИТЕ ЛАНИ НАПРАВИЈА РЕКОРДЕН ПРОФИТ! ЌЕ ПРОДОЛЖИ ЛИ ТРЕНДОТ И ГОДИНАВА?! l КОИ СЕ НОВИТЕ ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ ШТО ИМ ГИ НУДАТ БАНКИТЕ НА КЛИЕНТИТЕ?!

Повеќе информации во врска со прилогот и за претставување во истиот можете да добиете на е-мail: marketing@kapital.com.mk l gordana.mihajlovska@kapital.mk или на телефонскиот број ++ 389 2 3298 505

ЛИЦE ЗА КОНТАКТ:

ГОРДАНА МИХАЈЛОВСКА


www.kapital.mk

Капитал број 916 19.05.2017

22

NEXT GENERATION КОНФЕРЕНЦИЈА

на науката, уметноста, индустријата и академските кругови, со цел заеднички да се создаваат технолошки иновации.“, рече Магеш. Освен претставувањето на музичка технологија и перформанси, Music tech Fest ги спојува луѓето, инаку од сосема различен професионален бекграунд, како софтверски инженери

и модни дизајнери, или пак невролози и виолинисти. “Тоа е настан каде што музичарката со сина коса од Флорида ќе решава проблеми заедно со инженерот од Барселона и со иноваторката од Шведска која што има комуникациски импланти под нејзините тетоважи“, вели Магеш.

Таа истакна дека една од нејзините омилени изреки е онаа на Алан Кеј, американскиот компјутерски научник, која вели дека “најдобар начин да се предвиди иднината, е таа да се измисли.“ “Тоа е и мотото на нашата заедница, на сето она што го работиме, за што се залагаме.“, истакна Магеш пред скопската публика. nnn

КАДЕ ОДИ ТЕХНОЛОГИЈАТА

ИНТЕРНЕТ НА НЕШТАТА, ВИРТУЕЛНА И ЗАСИЛЕНА РЕАЛНОСТ И ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА СОСЕМА ЌЕ ГИ СМЕНАТ НАШИТЕ ЖИВОТИ

Н

а панелот посветен на развојот на новите технологии, зборуваа претставници на мошне интересни компании од Македонија. Тони Бачваровски, ко – основач и директор на Гордиан системи, со својот тим развива решение, поточно систем од сензори, паметен сервер и клиентска апликација со којашто негувателите на стари лица и лица со некаков хендикеп ќе добиваат потребни информации што ќе им помогнат во давањето подобра грижа. Системот се вика Кери (Carrie) и Бачваровски со неговата компанија го развиваат неколку години, а првиот модел треба да се појави на пазарот оваа есен. “Поврзаноста на уредите, односно Интернет на нештата (Internet of things - IoT) ќе влезе во нашите домови неизбежно, исто како што струјата влезе пред стотина години. Уредите ќе станат паметни, не во смисла дека јас ќе ја вклучам светилката преку мобилен телефон, тогаш светилката не е паметна, затоа што друг ја вклучува. Но ако се запали кога јас отворам книга или се угасне кога јас легнувам и ги затворам очите, е тогаш зборуваме за smart решение. Предизвикот е како да се управуваат и заштитат сите тие податоци кои што уредите ќе ги комуницираат и разменуваат меѓу себе. Безбедноста на IoT ќе биде голем предизвик, затоа што сè ќе оди на некој сервер, на некој облак.“, истакна Бачваровски. Констандина Зафировска, директор на стартапот BtoBet, инаку претходно висок менаџер во Сеавус повеќе години, објасни дека нејзината компанија преку користење на вештачка интелигенција –Artificial Inteligence (AI) и засилена реалност – Augmented Reality (AR) развива решенија што на гејминг индустријата и онлајн обложувањето им помагаат што подобро да ги задоволат потребите на корисниците. “Гејмингот и обложувањето претрпеа големи промени последнава

Од лево кон десно: Костандина Зафировска – BtoBet, Благој Ќупев – Сеавус, Тони Бачваровски – Гордиан Системи, Софија Спировска – Сеавус Инкубатор

деценија, сега може да играте или се кладите од мобилен, таблет и сл. Со помош на AI се обработува огромното количество податоци што се добиваат од корисниците, се анализираат нивните преференции, однесување, што тие сакаат, каква игра, какви опции, на кој спорт да се обложуваат и сл. Нашите решенија им помагаат на клиентите од овие брзо растечки индустрии да ги предвидат и пресретнат овие потреби на потрошувачите на најдобар можен начин“, објасни Зафировска. Таа додаде дека роботите, вештачката интелигенција и сл, неминовно ќе доведат до згаснување на голем број работни места, но ќе отворат нови можности. “Ако вчера сме имале потреба од програмери во Јава, утре ќе требаат програмери за алгоритми за паметните машини, стручњаци за нивно одржување, итн. Не треба да се плашиме од технолошките промени, напротив, да ги прифатиме со возбуда и како предизвик за подобрување на секојдневниот живот“. Марјан Гушев, професор на Факултетот за информатички технологии – ФИНКИ и претприемач, е сопственик на неколку компании, меѓу другото и ко-основач на едно од првите приватни радија во земјава, Антена 5. Во моментот со

својата компанија Innovation, го развива ECGalert, паметен сензор кој што ја мери активноста на срцето, и испраќа сигнал што може да превенира срцев удар. “Некаде прочитав податок дека до 2025 година индустријата за здравствена заштита на светско ниво ќе порасне на 1.000 милијарди долари годишно, каде што интернет на нештата ќе има главна улога. Сите овие дигитални асистенти што сега ги знаеме од мобилните телефони и сл., ќе станат наши лични асистенти за сè и сешто, ќе ги мерат активностите и промените во нашето тело, затоа што луѓето стануваат сè позагрижени за своето здравје. Нашиот сензор сега го тестиравме и на некои од учесниците на Скопскиот маратон и можам да кажам дека добивме мошне ветувачки резултати“. Тој истакна забелешка дека не е голем бројот на универзитетски професори и останати претставници од академската сфера што истовремено се и претприемачи со свои компании, нешто што во поразвиените земји е почеста пракса. “Порано во Македонија тоа беше табу тема, но пополека се менуваат работите. Сепак, едно е да едуцираш студенти и истражуваш со помош на туѓи средства, сосема друго е да влезеш во ризик со свои пари и да направиш стартап.“, рече Гушев.



РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ: 23 МАЈ 2017

ЕДНОДНЕВНА ОБУКА НА ТЕМА:

ОБУКА ЗА ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ СПЕЦИФИЧНИ ПРОБЛЕМАТИКИ И ПРАКТИЧНИ АСПЕКТИ l 26 мај 2017 година l 10:00-16:00 часот Институт КОНЦЕПТ, Скопје

СОДРЖИНА НА ОБУКАТА: 1. Што се трансферни цени и зошто се важни? 2. Меѓународни правила за утврдување на трансферните цени 2.1. методи за утврдување на трансферни цени 2.2. потребна документација за трансферни цени 2.3. новини во меѓународните правила за трансферни цени – BEPS иницијативата 3. Преглед на македонската легислатива за трансферни цени 3.1. методи за утврдување на трансферни цени 3.2. потребна документација за трансферни цени 3.3. трансферни цени и царински аспекти

3.4. трансферни цени и ДДВ аспекти 3.5. трансферни цени и прекугранично преместени

работници

3.6. македонската пракса на државните органи

во однос на трансферни цени

3.7. предизвици во врска со трансферните цени

ПРЕДАВАЧИ: АНА ШАЈНОСКА ЕЛЕНА ОСТОИЌ За повеќе информации посетете ја нашата веб страна: www.koncept.com.mk

КОНТАКТ: м-р Ленче Зикова и м-р Бојана Делидинкова le-mail: institut@koncept.com.mk l02 3128 526 l070 272 207


INTERVIEW

ОЛГА КОСТОВСКА

ПРЕТСЕДАТЕЛ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА ЕУРОЛИНК ОСИГУРУВАЊЕ СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

ОПШТЕСТВЕНАТА ОДГОВОРНОСТ Е ВТКАЕНА ВО НАШАТА КОМПАНИСКА ДНК

КОРПОРАТИВНА ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ

ПОВЕЌЕ ОД

ТРОШОК, ПОВЕЌЕ ОД

ТРЕНД!

КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА АД СКОПЈЕ СО ДАДЕНА ШАНСА, СЕКОЈ МОЖЕ ДОНАЦИИТЕ ВО СРЦЕТО НА СТРАТЕГИЈАТА ЗА ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ НА БИМИЛК

СВЕТСКИ CSR ТРЕНДОВИ КАКВА Е ИДНИНАТА НА НЕФИНАНСИСКОТО ИЗВЕСТУВАЊЕ СОЦИЈАЛНОТО ПРЕТПРИЕМНИШТВО ВО МАКЕДОНИЈА ВО ПОВОЈ

КАКО ДА СЕ ПРИДОНЕСУВА ЗА ЗАЕДНИЦАТА, А ДА НЕ СЕ “ОШТЕТИ“ БИЗНИСОТ


www.kapital.mk

Капитал број 916 19.05.2017

26

КОРПОРАТИВНА ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ

МАКЕДОНСКИТЕ КОМПАНИИ ПОПОЛЕКА СФАЌА ОПШТЕСТВЕНАТА ОДГОВОРНОСТ НЕ E САМО ТРОШОК И

КАКО ДА СЕ ПРИДОНЕ ЗА ЗАЕДНИЦАТА, А НЕ СЕ “ОШТЕТИ“ БИЗН

пишува:

О Игор Петровски

igor.petrovski@kapital.mk

Од фамозната изјава на Милтон Фридман дека единствената општествена одговорност на компаниите е да го максимизираат профитот па сè до денешната CSR 2.0 платформа, концептот на корпоративната општествена одговорност еволуираше радикално. На крајот на денот, општествената одговорност е менаџмент концепт:колку бизнис лидерите сфаќаат дека таа ја определува одржливоста на компаниите на долг рок? Општествената одговорност стана особено важен дел од компаниските филозо-фии последнава деценија, што беше стимули-

Општествената одговорност стана особено важен дел од компаниските филозофии последнава деценија, што беше стимулирано од два клучни фактори – барањата на потрошувачите и можностите за брендирање. Потрошувачите стануваат технолошки сè попотковани и информирани, со што се зголемува нивната свесност за тоа од каде и како доаѓаат производите што ги консумираат. Многумина се веќе спремни да платат повеќе за производи каде што е запазено високо ниво на етика и општествена одговорност во целиот синџир на производство – од нива, до полица во супермаркет.

рано од два клучни фактори – барањата на потрошувачите и можностите за брендирање. Потрошувачите стануваат технолошки сè попотковани и информирани, со што се зголемува нивната свесност за тоа од каде и како доаѓаат производите што ги консумираат. Многумина се веќе спремни да платат повеќе за производи каде што е запазено високо ниво на етика и општествена одговорност во целиот синџир на производство – од нива, до полица

во супермаркет. Овие потрошувачи се идентификуваат со брендовите кои што ги делат нивните вредности. “Прифаќањето на општествената одговорност како начин на водење бизнис е еволуциски процес и не може да се случи преку ноќ. Може да очекуваме само извесно подобрување секоја година и проширување на кругот на компании што на општествената одговорност гледаат како на нешто релевантно и се трудат да направат

ДА БИДЕ ЈАСНО: СПОНЗОРСТВАТА И ДОНАЦИИТЕ НЕ СЕ КОМПЕНЗАЦИ


www.kapital.mk

Капитал број 916 19.05.2017

27

Шпаркасе Банка Македонија во 2016 година ја претстави својата долгорочна платформа за општествена одговорност “Sparkasse Life”

ААТ ДЕКА И НЕ Е САМО ТРЕНД

ЕСУВА А ДА НИСОТ

нешто на тој план“, вели Никица Кусиникова, извршна директорка на Конект, здружение за промоција на општествената одговорност. Таа додава дека на глобално ниво добрата вест е што бизнис секторот сè повеќе сфаќа дека државата не е единствената што треба да се грижи за општествено – одговорните цели: чиста животна средина, еднакви можности за образование, рамномерен развој, итн., туку дека и компаниите имаат уникатна шанса преку своето делување да прават позитивни промени во заедницата. “Во последно време компаниите преку својот основен бизнис прават иницијативи и напори што носат придобивка за пошироката заедница, како на пример информатичко – комуникациски бизниси што развиваат апликации за помош во борбата против одредени болести, или пак руралните средини да дојдат полесно до здравствена услуга и сл. Добро е што компаниите сè повеќе соработуваат со институциите и граѓанскиот сектор во остварувањето на овие иницијативи. Токму затоа и ние го создадовме Клубот на одговорни бизниси, за да ги здружиме ресурсите на бизнис секторот во синергија

со останатите актери со цел носење позитивни промени во поголем обем и поголемо влијание врз општеството“.

Општествената одговорност како компаниска ДНК

Досегашното искуство на Кусиникова и останатите професионалци вклучени во кревањето на свеста кај бизнис секторот за потребата од општествено одговорно, односно одржливо работење на долг рок, покажува дека странските инвеститори обично се пионерите во промовирањето на општествено одговорните практики како дел од стратегијата за нивен раст и развој – пред сè, затоа што регулативите за оваа област што важат во државите каде што се седиштата на овие меѓународни бизнис групации наметнуваат обврска општествено одговорното работење да биде составен дел од целокупниот работен процес што се простира и до нивните најмали филијали во странство, како и во синџирот на нивни добавувачи, партнери, итн. Така, на пример, ако германска компанија има бизнис операции во Македонија, во својот извештај за одржливост мора да наведе сè за одговорните практики во сите свои сегменти и филијали, што го зголемува притисокот и врз локалните компании што работат со неа. Сега веќе не се работи само за подобрување на имиџот, промоција во јавноста и сл., туку општествената одговорност станува бизнис потреба, затоа што нема да може да соработувате со странската компанија доколку и вие не ја вткаете општествената одговорност во корпоративната стратегија. Или како што вели директорката на Службата за маркетинг и комуникации во Шпаркасе Банка Македонија, Тодорка Сајкова, “корпоративната општествена одговорност претставува ДНК на нивната Шпаркасе и Ерсте Групација“.

“За Шпаркасе Банка Македонија како дел од оваа групација која негува традиција во банкарското работење скоро 2 века, општественото одговорно работење е неизоставен дел од нејзината корпоративна филозофија и долгорочната деловна стратегија. Општествена одговорност е дел од корпоративниот идентитет на секоја од банките –ќерки во групацијата, кои споделуваат иста филозофија и се водат кон остварување на единствената цел, да создаваме вредности за заедницата во која делуваме. Како неизоставен дел од својата долгорочна деловна стратегија, Шпаркасе Банка Македонија го инкорпорира одговорното банкарско работење не само преку реализација на проектите од корпоративна општествена одговорност, туку истото е проткаено и во процесот на креирање на банкарските понуди, финансиските анализи и советувања за клиентите, како и во односот кон акционерите и вработените.“, вели Сајкова. Доказ дека општествената одговорност е многу повеќе од трошок или моментален тренд за нив како корпорација е развојот на стратегијата, односно платформа наречена “Sparkasse Life” којашто опфаќа повеќе сегменти: социјален сегмент – заштита и поддршка на социјално ранливи категории (деца без родители и родителска грижа) и на лица со ретки и тешки болести, образовен сегмент – поддршка на младите и талентирани студенти, окружувањето како сегмент – преку преземање на мерки за заштита на животната средина и интерниот сегмент – преку проектите за развој на иницијативноста и креативноста на вработените. “Исклучително важен сегмент во рамките на нашата CSR стратегија се и нашите вработени, кои преку интерни проекти се насочуваат кон унапредување и градење

ИЈА ЗА ОБВРСКИТЕ КОН ВРАБОТЕНИТЕ, ДОБАВУВАЧИТЕ, КЛИЕНТИТЕ...


www.kapital.mk

Капитал број 916 19.05.2017

28

КОРПОРАТИВНА ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ

К ТОДОРКА САЈКОВА

директорка на Служба за маркетинг и комуникации, Шпаркасе Банка Македонија

орпоративната опшествена одговорност претставува ДНК на нашата Шпаркасе и Ерсте Групација. За Шпаркасе Банка Македонија како дел од оваа групација која негува традиција во банкарското работење скоро 2 века, општественото одговорно работење е неизоставен дел од нејзината корпоративна филозофија и долгорочната деловна стратегија. Општествена одговорност е дел од корпоративниот идентитет на секоја од банките –ќерки во групацијата, кои споделуваат иста филозофија и се водат кон остварување на единствената цел, да создаваме вредности за заедницата во која делуваме.

П

окрај тоа што директно сме донирале преку 2,5 милиони евра изминативе 15 години за проекти од поширок општествен интерес, грижата за заедницата не се сведува само на тоа, туку мора да ја гледаме и пошироката слика. Преку високото ниво на безбедност ДРАГАНА и технологија во ЧИФЛИГАНЕЦ нашите градби, извршна како и пионерското директорка, Адора Инженеринг воведување на енергетската ефикасност, придонесуваме во зголемување на општата благосостојба на луѓето што ги купуваат нашите станови, како и кон зачувувањето на животната средина и штедењето на енергија на долг рок.

на ‘здрава’ и мотивирачка работна средина, како и за почитување на правата за родова, национална и верска еднаквост помеѓу вработените.“, додава Сајкова.

Заеднички именител во равенката

Да се префрлиме сега малку на теренот на домашните компании, оние со 100% македонски капитал и нивното поимање на концептот за општествена одговорност. Адора инженеринг, најголемиот градител на станови во земјава, сака да го истакне моментот дека сумата од околу 2,5 милиони евра што во 15-годишната досегашна работа директно се издвоени за проекти од интерес за пошироката заедница не

се единствениот показател за нивната долгорочна посветеност на општествената одговорност. Во компанијата ја истакнуваат својата богата општествено одговорна традиција што се темели на долгогодишните филантропски активности на основачот и генерален директор проф. д-р Ванчо Чифлиганец, што од пред три години се реализира и преку фондацијата која го носи неговото име. “Секојдневното балансирање меѓу задоволување на сè поголемиот број барања за помош од граѓаните, здруженија и институции, за поддршка на ранливите категории и на општеството во целина од

П

рифаќањето на општествената одговорност како начин на водење бизнис е еволуциски процес и не може да се случи преку ноќ. Добро е што бизнис секторот во Македонија почна да сфаќа дека државата не е единствената што треба да се грижи за општествено – НИКИЦА одговорните цели: КУСИНИКОВА чиста животна средина, извршна еднакви можности директорка, за образование, Здружение Конект рамномерен развој, итн., но останува предизвикот за голем дел од компаниите да не ја сфаќаат општествената одговорност како некој додатен трошок за бизнисот, туку како долгорочна стратегија за одржлив развој.

една страна и обезбедувањето одржлив економски развој во ова тешко време од друга страна, не е едноставно. Да се биде хуман, без да се ‘оштети’ бизнисот, е возможно единствено со наоѓање на заеднички именител во оваа равенка, а тоа е постојано стремење кон успехот во работата и негово споделување со другите, зошто ниту една компанија и ниту еден човек не постојат и не можат да бидат успешни сами за себе.“, вели д-р Драгана Чифлиганец, извршна директорка на Адора Инженеринг. Но, она што сака таа да го истакне е поширокиот контекст на влијанието што го

Д-р Ванчо Чифлиганец и неговата Адора инженеринг му направија нова куќа на семејството Иванови од с. Дедино, радовишко, чиј што дом изгоре во пожар

СИНЏИР: ПРИФАЌАЊЕТО НА КОО ТРГНУВА ОД ТОП МЕНАЏМЕНТОТ


www.kapital.mk

Капитал број 916 19.05.2017

29 КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА АД СКОПЈЕ СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

СО ДАДЕНА ШАНСА, СЕКОЈ МОЖЕ

Со дадена шанса секој може - претставува концепт со кој Комерцијална банка АД Скопје преку своето Координативно тело за општествена одговорност ја имплементира Стратегијата за општествена одговорност во периодот 2017-2021.

Б

анката претпочита дека претпријатијата имаат бројни морални, етички и филантропски одговорности, покрај нивната основна задача да остварат профит за нивните сопственици и да работат во согласност со законот. Иако традиционално на банките се гледа како на субјекти чија примарна, ако не и единствена одговорност се нивните сопственици или акционери, Концептот на Општествена одговорност бара од нив да прифатат поширок обем на одговорности и да дадат шанса. Комерцијална банка веќе 8 години активно се бори за дестигматизација и дестереотипизација на жените жртви на семејно насилство, жени кои се како и сите други. Преку разните програми и проекти како „Жени за жени“, „Прв семеен центар“ за психосоцијална помош и поддршка, во кои активно тераписки се работи на подобрување на квалитетот на живот кај овие жени и нивна ресоцијализација и добросостојба, сè повеќе жени жртви стануваат посилни, емоционално постабилни и подготвени да се впуштат рамноправно во секојдневната борба наречена живот. Ако се земе предвид дека најголемиот процент (37%) на клиенти кои добиле услуга во Првиот семеен центар во 2016 година се сами/а, тогаш на Здружението на самохрани старатели, од кои голем дел се и жртви на семејно насилство, најмногу им требаше шанса, а Комерцијална банка тоа им го понуди. Здружението на самохрани старатели „Една може“ Скопје, доби можност за реализација на своите цели преку поддршка на конкретни активности за самоодржливост и креативни економски исплатливи проекти. Здружението е регистрирано во 2016 година, а брои над 2000 регистрирани членови. Живеејќи во услови на нарушена комуникација и претрпено насилство, жените

кои се соочуваат со овие проблеми имаат помали шанси да ја преземат контролата врз сопствениот живот. Немоќта за фокус кон позитивни решенија е проблем број еден во преземањето на грижата за себе. Со давање поддршка во функционирањето на здружението „Една може! Скопје“, Комерцијална банка помогна во остварување на целите на Здружението и подигање на јавната свест за разбирањето на специфичноста на нивните семејни заедници.

Од стара облека до новa вредност

Здружението „Една може! Скопје“ и Комерцијална банка АД Скопје во текот на 2107 година треба да реализираат проект со кој би се обезбедила економска одржливост на Здружението. Проектот опфаќа неколку фази, и тоа: волонтерски акции за собирање стара облека од страна на вработените во Банката, обука на членките за дизајнирање облека од страна на македонски докажани дизајнери и дизајнерско рециклирање на парчиња облека, што ќе бидат понудени на продажни аукции. Со средствата добиени од донаторските аукции Здружението ќе обезбеди самоодржливост и ќе обезбеди средства за потребите на своите членки. Од друга страна, пак, ова е можност тие да стекнат повеќе дизајнерски вештини и од стара облека да создаваат нови вредности. Комерцијална банка за реализација на овој проект обезбеди соодветен простор во кој членките на Здружението заедно со своите деца поминуваат време во обуки, разговори, вежби и ги презентираат своите ракотворби. Здружението веќе има свое социјално претпријатие и изработува средства за хигиена од природни материјали, а рециклирањето на облека ќе биде уште една дејност со која преку самостојно работно искуство самохраните старатели обезбедуваат за себе и своите деца посигу-

рна иднина и економска интеграција во оопштеството. „Да се даде шанса на жена-жртва, самохран родител, не само што не е ризик туку е и предност заради поголемата нивна потреба од работа, изразената мотивација да се докаже спротивното, дека не е жртва, како и благодарноста за понудената рака. Впрочем, многуте примери од последниве години покажаа дека да се биде жртва не е особина, туку улога која повеќето од жените не ја избрале, туку им била наметната“, објаснува претседателот на Координативното тело за општествена одговорност и Главен финансов директор на Комерцијална банка д-р Маја Стевкова Штериева“. Комерцијална банка во изминатиот период како општествено одговорна компанија соработуваше со неколку невладини и здруженија на граѓани, како Здружението на слепи и слабовидни лица, НВО „Х.Е.Р.А“, Црвен крст на РМ, младинските центри „Сакам да знам“, а со своите филантропски активности поддржува голем број културни и музички настани, спортски клубови и списанија. Наедно, Банката е учесник во спортски донаторски натпревари, како натпреварите во скијање во Маврово, Скопскиот маратон и др. За своите вработени Банката обезбеди велосипеди кои ќе можат да ги користат за службени и за приватни потреби и на тој начин да заштедат средства и да придонесат за намалување на загадувањето. Преку креирани пораки упатени до секој поединец кој ги користи банкоматите на Комерцијална банка, Банката активно работи и на подигање на одговорноста и свесноста на своите комитенти и сите засегнати страни за постоењето на потребата од повеќе внимание и ангажираност за помош на социјално исклучените групи и поединци во општеството. nnn


www.kapital.mk

Капитал број 916 19.05.2017

30

КОРПОРАТИВНА ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ

има нивната филозофија за општествена одговорност. “Како градител на домови за луѓето, исклучително внимаваме на квалитетот и стандардите според кои ги правиме нашите згради. Прва компанија во Македонија сме која со вештачки земјотрес во соработка со ИЗИИС започна со докажување на врвната стабилност и статика на станбените објекти, со цел никогаш да не ни се повтори Скопје 1963-та. Пионери сме во воведувањето на енергетски ефикасните станови, што почнавме да ги градиме пред 10 години, кога јавноста тука воопшто или многу малку беше запознаена со нивните придобивки. Дека екологијата е наш врвен приоритет, а не инцидентна активности, потврда се илјадниците изградени еко - домови, добиените енергетски сертификати А-класа, фотоволтаиците кои ги воведовме за производство на струја за заедничко осветлување од сончеви колектори, го изградивме првиот станбен објект во Македонија со органска фасада за здрав воздух во домовите, воведовме сертифицирана звучна изолација далеку над македонските стандарди, а озеленувањето на сите наши станбени објекти со еко појаси е наша практика уште од првиот објект пред 15 години. Со сето ова,

Еуролинк осигурување во својата стратегија за општествена одговорност е фокусирана на уметноста, образованието и спортот: меѓу другото, неколку години по ред ја поддржува и Школата за пливање но и преку помагање на семејствата на купувачите со поддршка во образованието, во опремувањето и осигурувањето на домот, преку изненадувања со интересни патувања и сл., ние придонесуваме кон

зголемувањето на благосостојбата на луѓето што живеат во становите на Адора и во зачувувањето на животната средина, штедењето на енергија, итн.“, вели Драгана Чифлиганец. nnn

ШТО СТАНУВА ВАЖНО ЗА ОПШТЕСТВЕНО - ОДГОВОРНИТЕ ПРАКТИКИ Со помош на истражувањата на Forbes, Fortune и уште неколку водечки бизнис медиуми во светот, направивме кус преглед на она што допрва ќе биде најважно за компаниите во светот кога станува збор за општествено одговорните практики.

n Промени во работната околина

Во последно време сè почесто ги слушаме термините: Капитализам со свест... Одговорно лидерство... Паметни градови...Социјални иновации и претприемништво... Ова се рефлектира на средината во која бизнисите функционираат, а која што постојано се менува. На пример, кај работната сила, една американска студија покажува дека во нивната економија веќе 59% од менаџерите се од генерацијата на т.н. Милениумци (родени во периодот 80ти – 90ти), а 18% од нив се пак на високи позиции. Очекувањата на оваа генерација ќе имаат директно и индиректно влијание на тоа како бизнисот ќе се однесува кон прашањето на општествената одговорност во иднина.

n Искреност и транспарентност

Според неодамнешна студија на Forbes, искреноста ќе биде една од клучните лидерски карактеристики на новото време. Компаниите ќе почнат сè повеќе да ја ценат транспарентноста како што ќе го бараат тоа од нив помладите генерации. За лидерите нема да биде доволно само да инспирираат и едуцираат, туку ќе треба да бидат способни да креираат доверба преку искреноста. Во анализата на Forbes за маркетинг трендовите за 2017 година, транспарентноста е наведена како најважна алатка на маркетингот, како што потрошувачите ќе добиваат сè поголема моќ и влијание.

n Внатрешни комуникации

Компаниите ќе бидат фокусирани повеќе на внатрешните комуникации како маркетинг средство, и тоа ќе биде нивниот клучен предизвик и прилика да креираат бренд амбасадори и да се осигурат дека вработените, клиентите и снабдувачите го разбираат и го живеат “брендот“, исто како и визијата и стратегијата на компанијата.

n Заедниците и бизнисот

Ќе следат позитивни промени затоа што компаниите наместо еднократни активности и настани поврзани со хуманитарна работа и сл., сè повеќе ќе градат подолготрајни релации со своите партнери во практикувањето општествена одговорност. Ќе се развива т.н. стратешко волонтерство, исто како и користењето на стручната експертиза и ресурси во насока на поддршка на служењето на заедницата и доброволните општествено корисни активности на менаџментот и вработените во една компанија.

n Улогата на владите

Насекаде на планетава, потрошувачите знаат дека властите имаат тешкотии да лоцираат и решаваат голем број од горливи социјални и економски прашања во услови на отежнато финансирање и неадекватни системи за давање јавни услуги. Истражувањата на компанијата MSL покажале дека 73% од генерацијата на Милениумците или т.н. Y Generation не веруваат дека владите можат сами да ги решат денешните проблеми, а 83% од нив сакаат бизнисите поактивно да се вклучат во тоа.

WIN-WIN: КОГА ОСНОВНИОТ БИЗНИС ПРОДУЦИРА БЕНЕФИТ ЗА ОПШТЕСТВОТО


www.kapital.mk

Капитал број 916 19.05.2017

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

31

ДОНАЦИИТЕ ВО СРЦЕТО НА СТРАТЕГИЈАТА ЗА ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ НА БИМИЛК

Преку големиот број проекти „Млекара АД Битола“ не само што директно обезбедува помош за повеќе ранливи сегменти во општеството, туку и индиректно, преку едукација и поттикнување на одредени вредности, помага за изградба на подобро општество, долгорочно.

В

еќе долги години наназад општествената одговорност на компанија „Млекара АД Битола“ е насочена кон подобрување на условите во општеството, преку безрезервно помагање на повеќе различни области од животот, како што се едукацијата и развојот на младите, културата, спортот итн. Искрената солидарност и донациите кон оние групи граѓани што имаат најголема потреба за помош се во темелот на корпоративното делување на Бимилк и заземаат можеби и едно од најзначајните места во стратегијата за општествена одговорност. Со повод или без, преку парична помош или пак донација во производи, компанијата Бимилк како да не пропушта прилика несебично да помогне на најранливите категории на општеството. Така, за социјално загрозените деца без особен повод пред само 30-тина дена во голема хуманитарна акција беа донирани 12.000 чашки Битолски густ јогурт во повеќе различни установи и центри за згрижување деца и хуманитарни здруженија. Но, и кога има повод. За одбележување на Светскиот ден на детето беше донирана поголема количина Битолско трајно млеко со 10 витамини за Млечната кујна во Детската клиника во Скопје, а пак за Светскиот ден на млекото компанијата донираше 3.000 литри Битолско млеко за децата кои се под грижа на хуманитарната организација СОС Детско село Македонија, со што беше објавена и долгорочната соработка со оваа организација. Дополнително, кога во 2014 и 2015 година

нашата земја и земјите од регионот беа погодени од големи поплави, „Млекара АД Битола“ беше меѓу првите компании кои активно се вклучија во помагање на населението преку парични донации и донации во производи. Поводите и донациите се многубројни, како што се и признанијата и благодарниците на Бимилк кои сведочат за континуираната поддршка на хуманитарните здруженија, на народните кујни, на Црвениот крст и на детските установи, и нè потсетуваат на искреното пријателство меѓу компанијата и овие организации. Преку големиот број проекти во оваа област „Млекара АД Битола“ не само што директно обезбедува помош за повеќе ранливи сегменти во општеството,

туку и индиректно, преку едукација и поттикнување на одредени вредности, помага за изградба на подобро општество, долгорочно. Довербата од потрошувачите не е само фраза која напразно се кажува, тоа е буквално темелот на кој се гради успехот на една компанија. Довербата не е нешто што може да го купите, туку треба да ја изградите и постојано да се трудите да го дадете најдоброто од себе за да ја оправдате. Бимилк се грижи за потрошувачите, за вработените и за соработниците преку бројни активности и инвестиции, што за возврат се одразува на продажбата на производите и и овозможува на компанијата да се залага за поголем развој на целокупното општество. nnn


www.kapital.mk

Капитал број 916 19.05.2017

32

ИНТЕРВЈУ

Во годината кога Еуролинк го обележува петнаесетгодишниот јубилеј, компанијата продолжува да придонесува за унапредување на односите со своите вработени, со своите клиенти, соработници и со заедницата во целина, преку платформата за корпоративна општествена одговорност „Еуролинк - Вашата врска со вистинските вредности“ којашто е под покровителство на г-ѓа Олга Костовска, претседател на Надзорниот одбор на Еуролинк Осигурување.

Н

а каков начин компанијата практикува општествено одговорно работење во време кога тоа станува предуслов за одржливо работење, а не подразбира само хуманитарни акции, донации и сл.? Веќе 15 години успешно работиме на македонскиот пазар. Нашето работење се темели на обезбедување квалитетни и современи осигурителни продукти на нашите клиенти, вложување во едукација и мотивација на нашите 240 вработени, градење на партнерски односи со нашите клиенти и деловни соработници, со основна мисија да го подобриме квалитетот на животот на сите околу нас. Ценејќи ја довербата токму на нашите клиенти, соработници, вработени и нивните семејства чувствуваме должност и одговорност да вложуваме во општеството преку активности од кои бенефит има целата јавност. Го следиме концептот за корпоративна општествена одговорност како повисока форма на свесност за нашето влијание и воопшто влијанието на бизнис заедницата во општеството и средината во која дејствуваме сите ние. Нашето дејствување е фокусирано на сфери кои се предуслов и основа на едно современо општество, а тоа се образование, уметност и култура. Оттука,темелот на нашиот придонес кон заедницата е јасно дефиниран во програмата за корпоративно општествена одговорност, чии идеи и заложби се стремат кон унапредување на горенаведените сегменти преку активности со вистинска вредност, за што всушност говори и самиот назив „Еуролинк - Вашата врска со вистинските вредности“. XКои X се најзначајни CSR проекти што ги спроведувате и кои се клучните придобивки за заедницата?

ОЛГА КОСТОВСКА

ПРЕТСЕДАТЕЛ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА ЕУРОЛИНК ОСИГУРУВАЊЕ

ОПШТЕСТВЕНАТА ОДГОВОРНОСТ Е ВТКАЕНА ВО НАШАТА КОМПАНИСКА ДНК

Се јавуваме во улога на активен поддржувач на македонската култура, уметност и образование, давајќи свој придонес во движењето на современите текови во македонското општество, и се обидуваме да бидеме поттик за сите оние кои ги негуваат вистинските вредности. Во таа насока, реализираме проекти со трајна вредност кои добија свој одек во јавноста, а потврда за тоа е константниот интерес за учество во истите. Особено горди сме на Еуролинк школите за лизгање, за пливање и балетската школа наменети за развој на здрав дух кај најмладите и истите предизвикуваат позитивни реакции од учесниците кои ги посетуваат овие часови. Во март оваа година, успешно ја реализиравме третата Еуролинк школа за лизгање,

во летниот период ни претстои четвртата по ред Балетска школа и школата за пливање коja за прв пат оваа година ја прошируваме и овозможуваме учество на нашите најмлади не само во главниот град, туку и во градовите Битола и Кавадарци. Посебен акцент ставаме на образованието како основа за создавање на добро едуцирани поединци. Поддршката и енергијата кои ги вложуваме во овој важен сегмент во општеството, има за цел да им помогне на луѓето да се оспособат за да си помогнат самите себеси и на другите, да создадеме добро образовани генерации, кои ќе бидат носители на напредокот во нашето општество. Во таа насока Еуролинк стипендиите, кои ги доделуваме за најдобрите студенти од Правниот и Економскиот факултет при УКИМ, како

ФОКУС: ПОСВЕТЕНИ СМЕ НА СФЕРИ КОИ СЕ ПРЕДУСЛОВ И ОСНОВА НА ЕДНО


www.kapital.mk

Капитал број 916 19.05.2017

33 и поддршката на ораторските вечери “Иво Пухан”, претставуваат поттик за градење квалитетни, образовани и млади професионалци. Во овој сегмент би ги споменала и нашите успешно реализирани проекти како што е опремувањето на читалната и библиотеката во студентскиот дом “Гоце Делчев”, како и донацијата во средното уметничко училиште “Лазар Личеноски” во Скопје. Веруваме дека за светла иднина треба да го познаваме сопственото минато и во тој контекст ги организираме туристичките разгледи со цел подигање на свеста кај пошироката јавност за сопственото археолошко и културно - историско наследство. Тоа го правиме преку програмата за запознавање на културното наследство под наслов:“Мапа на културата” која е отворена за сите граѓани на Република Македонија, а оваа година ќе се одвива во повеќе етапи во текот на целата година. Граѓаните ќе имаат можност да го посетат локалитетот Хераклеја и старото јадро на градот Битола, манастирот Св. Јован Бигорски, Курбиново и Музејот на современата уметност. Го препознаваме значењето на македонските традиционални вредности, но важни се и современите текови во уметноста и затоа даваме поддршка на институции и настани како што се: Фестивалот Охридско лето, Македонскиот народен театар и Музејот на современата уметност. Во годината кога Еуролинк осигурување слави петнаесет години постоење, продолжува да го дава својот придонес во зачувување на уметничкиот израз и прогресивниот дух на заедницата преку поддршката на Музејот на современата уметност во Скопје. Како прв чекор во рамки на оваа соработка, помогнавме во реновирањето на музејската библиотека при Истражувачкиот центар и во текот на оваа јубилејна година Еуролинк ќе ги поддржи годишните активности на музејот. Соработката со Музејот на современата уметност претставува не само поддршка во зачувување на македонската култура и уметност, туку и поттик за младите македонски уметници храбро да го одбележат времето во кое живееме, да ги поттикнеме да го изразат на сопствен индивидуален креативен јазик, а со тоа како придонес да остават трајни пораки за денешницата на идните генерации преку современиот уметнички израз. XСо X оглед на тоа што доброто корпоративно управување, транспарентноста, фер односот кон клиентите и сл., се исто така дел од концептот на КОО, кои се главните одлики на корпоративната култура што ја негувате во Еуролинк? Силно сме посветени на унапредување на нашата понуда, која претставува разновидна лепеза на производи и услуги кои постојано ги прилагодуваме за да ги задоволиме и надминеме очекувањата и искуствата на нашите клиенти и соработници со компанијата. Особено горди сме на нашите иновативни продукти кои првпат ги претставуваме на македонската јавност и на иновативните начини за интеракција

Еуролинк ја финансираше обновата на музејската библиотека при Истражувачкиот центар, во Музејот на современата уметност во Скопје. и целосна достапност до нашите клиенти. Со тоа им помагаме на граѓаните и бизнис заедницата да ги разберат и прифатат придобивките од современите продукти за осигурување, со цел да ја подобрат својата сигурност и благосостојба . Инвестирањето во заедницата на компаниите им носи бенефит, бидејќи тие стануваат поблиски со своите клиенти, а со тоа градат и позитивен став кон компанијата. Нашиот однос со клиентите се темели на транспарентност, доверба, лојалност, почитување, и вложување во нови иновативни продукти, олеснување на пристапот до нашите продукти онлајн, а наскоро и преку мобилна апликација, достапни сме за нашите клиенти 24 часа во денот. Главната одлика на нашата компанија е негување на човечките вредности, без кои што едно цивилизирано општество не може да постои, а тоа се почитта кон себе, почитта кон вработените, клиентите и соработниците. Тоа е гаранција за долгорочен одржлив раст и развој на компанијата за исполнет и среќен живот. Традицијата, силата и големината на успешните компании, носат со себе одговорност од поддржување, и поттикнување на различни иницијативи насочени кон одржливиот развој. Само со активен придонес во развојот и унапредување на односите со околината и заедницата, компанијата може да биде поуспешна . XОд X аспект на CSR кон вработените, како се справувате со предизвикот на мотивацијата на вашите вработени? Кои се начините и методите со кои што ги мотивирате, односно како ги привлекувате и задржувате талентираните луѓе во Еуролинк? Нашата култура на работење се темели врз непоколебливата верба во интегритетот, чесноста и професионалноста, градејќи го односот со вработените, со дигнитет и со почит, инвестирајќи и растејќи заедно со нив, бидејќи веруваме дека добро

образовани, постојано обучувани и задоволни вработени се клучен фактор за успехот на компанијата. Во Еуролинк работат чесни, насмеани и вредни луѓе, а ние низ годините се трудиме да бидеме препознаени како добар работодавач. Имаме посебни програми за мотивација, наградување и унапредување на нашите вработени, вложуваме во воведување на системи кои ќе им го олеснат работењето на вработените, вложуваме во креирање на компактен тим и нудиме бројни бенефиции за нив, бидејќи грижата за нив и нивните семејства е наша најголема одговорност. Успехот на нашата компанија е изграден со квалитетен однос кон вработените, взаемна почит и доверба. Инвестирање во нивното знаење и грижата за нив, претставуваат активен придонес во развој и унапредување на квалитетот на нивниот живот и животот во компанијата. XШто X е за вас лично клучно во поставувањето здрави односи менаџер- тим -вработени, односно кои се вредностите што вие сакате да ги наметнете како role model, но и инсистирате на нив кај другите? Довербата е предуслов во нашето заедничко работење. Со сето свое срце треба да ја дадете довербата на колегите, за да ја стекнете нивната. Тој однос нè дефинира нас како компанија и како тим. Градењето синергичен тим подразбира почитување на индивидуалноста и личниот белег, со којшто се стремиме кон истите цели и истите вредности во рамките на заедницата, делуваме, размислуваме, живееме во истиот ритам за истата цел – да го подобриме квалитетот на животите на сите коишто ги допираме, нашите клиенти, партнери, нашите вработени и нашата заедница во целост. Тоа е наш придонес кон зачувување на вистинските вредности во секоја смисла, но и наш влог кон креирање на подобра и поквалитетна иднина за сите нас и за идните генерации. nnn

О СОВРЕМЕНО ОПШТЕСТВО, А ТОА СЕ ОБРАЗОВАНИЕ, УМЕТНОСТ И КУЛТУРА


www.kapital.mk

Капитал број 916 19.05.2017

34

КОРПОРАТИВНА ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ

ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ НА ПОИНАКОВ НАЧИН

СОЦИЈАЛНОТО ПРЕТПРИЕМНИШТВО ВО МАКЕДОНИЈА ВО ПОВОЈ Во развиените економии на ЕУ социјалните претпријатија веќе стигнале до тоа да бидат 10% од сите бизниси, во земјава сè уште се чека донесување на закон што ќе ја регулира оваа област на економијата. пишува:

С

Игор Петровски

igor.petrovski@kapital.mk

Сите се сеќаваме на феријалните сојузи или пак на извидничките одреди уште од времето на претходниот социјалистички систем. Некои од овие форми на социјално ангажирање на младите луѓе функцио-нираат и денес, но повеќе само како потсетник дека некогаш на овие простори имало всушност социјални претпријатија – или барем нешто што е најблиску до модерната дефиниција за социјална економија. Ако земеме предвид дека соци-јалната економија подразбира управу-вање со имот, бизнис и сл., на начин што продуцира услуги или производи чија основна цел не е профитот сам по себе, туку придонес за општото добро, подобрување на различни вештини, обезбедување услуга за ранливи категории коишто инаку на пазарен начин не можат да ја добијат, итн., тогаш извидничките кампови, феријалните одморалишта или пак пионерските домови, беа токму таква форма на “бизниси“ – субвенционирани од државата или општи-

ните, каде што младите луѓе од секаков социјален бекграунд можеа да учат музика, јазици, да летуваат, зимуваат и други активности што вообичаено, не можат да се обезбедат за сите категории корисници по пазарни услови.

На Балканот социјалните бизниси во зародиш

Во Европа во моментов функционираа современи форми на социјално претприемништво, правно регулирани, каде што се знае зошто и како се формираа овој тип на компании, која е нивната, задача, права, обврски и бенефиции заради специфичната улога во општеството. Во моментов, според некои статистики, 10% од сите компании што сега работат во ЕУ се од категоријата социјални, додека 7% од работната сила е ангажирана во нив. А, од новите компании што секојдневно се отвораат, секоја четврта е социјално претпријатие. Во Македонија, како и во останатите земји од регионов, со ретки исклучоци можеби, социјалното претприемништво во модерна смисла на зборот е во зародиш, јавноста сè уште се запознава со концептот, срамежливи се поединечните примери на ваков тип компании што се бројат на прсти, а регулатива во најдобар случај е во некоја нацрт фаза. Социјалното претприемништво е посебна форма на претприемништво во која се интегрираат економски и социјални цели, тоа претставува иновативен модел за решавање на социјалните и еколошките

предизвици и за зајакнување на инклузивниот раст. Социјалното претриемништво се дефинира и како континуирано спроведување на eкономски активности под одредени услови на работење и вработување на воглавно марганализирани групи на лица. Примарна цел на социјалното претприемништво е зајакнувањето на социјалната кохезија и солидарноста како и зајакнувањето на капацитетот за иновации во различни економски сектори и општествено корисни подрачја. Целта е да се генерира општествена вредност при што заедницата ќе има корист од претприемачките активности. Социјалното претпријатие е нов модел на бизнис со социјална цел кој сеуште не е (доволно) третиран во македонската економија, но се практикува низ целиот свет.

Ретки примери во Македонија

“’Покров’ е прва долгорочна рехабилитациска програма за одвикнување од дрога, алкохол и хазард во Македонија. Сите во Струмица знаат за Сократ Манчев – еден од најуспешните социјални претприемачи, основач на „Покров“. Таму корисниците на програмата се работно ангажирани во рамки на социјалното претпријатие. Како дел од социјалната интеграција, се занимаваат со органско земјоделство и производите ги пласираат на пазарот. Од приходите се финансира работата на претпријатието и надоместоците на корисниците. ‘Покров’ е самоодржлив


www.kapital.mk

БРОЈКИ

7%

од работната сила во ЕУ е ангажирана во социјални претпријатија

10%

од сите компании во ЕУ работат како организации на социјалната економија

25%

од новоформираните компании во ЕУ се социјални

модел на социјално претпријатие, што ја ужива поддршката на локалната заедница.”, вели Никица Кусиникова од организацијата “Конект“, промотор на општествено одговорни стратегии во бизнис секторот. Таа го истакнува и примерот на „Лице в лице“ - единственото улично списание во Македонија. Практикувајќи го и промовирајќи го моделот на социјално

Капитал број 916 19.05.2017

35 Карактеристики на социјалните претпријатија Користејќи претприемачки принципи, тие се стремат да и служат на заедницата, а не на максимизирање на профитот за сопствениците; Остварениот профит во најголем дел се реинвестира за постигнување на социјалните цели, т.е. за конкретна општествена промена; Нудат иновативни модели за одржлив и рамномерен развој; Најчесто делуваат во две насоки: n Обезбедуваат добра и услуги за маргинализираните и неразвиените заедници; n Вработуваат лица од ранливи групи граѓани. Тие се пазарно-ориентирани бизниси, односно финансиската одржливост ја обезбедуваат преку успешно работење според пазарните механизми (а не претежно грантови). претпријатие, тоа обезбедува работен ангажман за околу 40 маргинализирани лица (млади на улица, лица со попреченост, бездомни лица итн.). Списанието се продава по цена од 100 денари, при што половина од продажната цена ја задржува продавачот, а другата половина се користи за остварување и развој на едукативната програма низ којашто поминуваат овие

лица, а и за трошоци за печатење и подготовка на нов број на „Лице в лице“. “Она што ние како организација се обидуваме да направиме е да поттикнеме меинстрим компании да менторираат социјални претпријатија, или пак да ги вклучат во своите синџири на снабдување, на пример и со тоа да го помогнат нивниот раст и развој“, додава Кусиникова. nnn


9

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

БРЕНДОВИ

ЈУНИ

2017

КАКО ДА ГИ ОСВОИТЕ МИЛЕНИАЛЦИТЕ И ГЕНЕРАЦИЈАТА Z? Деновиве голема прашина во светските маркетинг кругови и воопшто во јавноста, крена новата кампања на Heineken, “Open your world“ – каде што брендот политички се ангажира во обидот да се надминат предрасудите и различните погледи на луѓето за одредени општествени прашања. Кампањата на пивскиот бренд од критичарите е оцената како извонреден пример на адвертајзинг што нуди подлабоко значење за потрошувачите, одошто просто истакнување на атрибутите на производот. Ова особено важи за т.н. Generation Z, како и генерацијата на “милениалци“, луѓе помеѓу 15 и 30 години, нонстоп закачени на социјалните мрежи, преку кои што всушност вирално се шират овој тип на кампањи. Во специјалниот прилог “Брендови: Како да ги освоите милениалците и генерацијата Z?“ што ќе излезе на 9 јуни , ќе пишуваме повеќе за тоа како да се допре до овие генерации потрошувачи, коишто не можете повеќе да ги фасцинирате со извонредно скапи рекламни кампањи, затоа што тие бараат нешто повеќе: сакаат да видат дека компаниите се грижат за вредности и прават нешта што ним им значат. Меѓу другото, во “Брендови“ ќе може да прочитате:

l СТЕКНЕТЕ РЕСПЕКТ И СТЕКНЕТЕ ВЛИЈАНИЕ КАЈ НОВИТЕ ГЕНЕРАЦИИ ПОТРОШУВАЧИ ШТО “ЖИВЕАТ“ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ l PAID MEDIA НАСПРОТИ EARNED MEDIA: САМО СКАПИ КАМПАЊИ НЕ ВРШАТ РАБОТА l УСПЕШНИ МАКЕДОНСКИ БРЕНД ПРИКАЗНИ: КАКО СО АНГАЖИРАН АДВЕРТАЈЗИНГ СЕ СТЕКНУВА ЛОЈАЛНА ПУБЛИКА l КОИ СЕ БРЕНД СТРАТЕГИИТЕ НА НОВОТО ДИГИТАЛНО ВРЕМЕ: СВЕТСКИ ПРИМЕРИ

Повеќе информации во врска со прилогот и за претставување во истиот можете да добиете на е-мail: marketing@kapital.com.mk l gordana.mihajlovska@kapital.mk или на телефонскиот број ++ 389 2 3298 505

ЛИЦE ЗА КОНТАКТ:

ГОРДАНА МИХАЈЛОВСКА



www.kapital.mk

Капитал број 916 19.05.2017

38

КОРПОРАТИВНА ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ

СВЕТСКИ CSR ТРЕНДОВИ

КАКВА Е ИДНИНАТА НА НЕФИНАНСИСКОТО ИЗВЕСТУВАЊЕ

П

оследниот проект на Global Reporting Initiative - GRI, именуван Sustainability and Reporting 2025, чија цел е да се разоткријат главните прашања и проблеми што се однесуваат на нефинансиските извештаи во претстојната декада, заврши со објавување на документот под името The Next Era of Corporate Disclosure. Според овој извештај – GRI, меѓународната организација што им помага на компании, влади и други организации да го разберат и применат концептот на одржливо работење и општествена одговорност - периодот на годишните финансиски извештаи какви што сега ги знаеме се приближува кон својот крај. Документот наведува дека во иднина извештаите ќе вклучуваат податоци за одржливоста во реално време, што ќе биде овозможено од високо развиената технологија, онаа на која сме сведоци и денес. Овој факт, смета GRI, ќе ја измени и улогата на стејкхолдерите (сите засегнати страни од компаниското работење, н.з.) кои ќе бидат дополнително засилени преку скоро постојаната интеракција со компаниите. Прашањата за животната средина, различните политички и економски модели, прашањето на ефикасноста на компаниите, пренаселеноста на одредени подрачја, безбедноста на водата и на храната,

здравствените прашања, безбедноста на вработените и човековите права, денес претставуваат подрачја што најмногу влијаат на одржливиот развој. Имајќи предвид дека сите овие предизвици воопшто не се нови, сè поизразен е развојот на нови начини на користење на податоците, за компаниите да можат да носат нови, побрзи и поцелисходни одлуки.

Олеснет пристап и анализа на податоците за одржливоста

Во The Next Era of Corporate Disclosure, GRI разгледува како дигиталната технологија во сè поголема мера ќе им овозможува на компаниите успешно да управуваат. На пример, Big Data мрежите меѓу компаниите и добавувачите ќе овозможат поуспешно споделување на податоците за одржливоста, за да се избегнат ризиците и да се подобри ефикасноста. Целта на новите технологии е полесен и поедноставен пристап до податоците, како и до соодветната разбирлива анализа. Токму затоа, изработката на нефинансиските извештаи во иднина ќе биде дигитална и означена (tagged), и ќе се прави многу почесто. Во моментов бројни компании известуваат неколку пати годишно или само еднаш, неретко исклучиво во форма на .pdf документи. Според процените на GRI, ваков вид на ново известување ќе има многу повлијателна улога од онаа

Прашањата за животната средина, различните политички и економски модели, прашањето на ефикасноста на компаниите, пренаселеноста на одредени подрачја, безбедноста на водата и на храната, здравствените прашања, безбедноста на вработените и човековите права, денес претставуваат подрачја што најмногу влијаат на одржливиот развој. Имајќи предвид дека сите овие предизвици воопшто не се нови, сè поизразен е развојот на нови начини на користење на податоците, за компаниите да можат да носат нови, побрзи и поцелисходни одлуки.

што ја има сега, и тоа на сите општествени нивоа. Исто така, GRI наведува дека новите трендови ќе овозможат постојана размена на податоци за одржливоста, што ќе претставува „отворена, споделена и постојано променлива мрежа во реално време“.

Потполна транспарентност

Податоците за одржливоста на одредени производи, пишува GRI, ќе бидат достапни за јавноста во реално време, а новите технологии, исто така, ќе и овозможат (на јавноста) „отворено“/јавно да бара одредени информации. Прилагоденото пребарување и напредните софтвери ќе им овозможат на компаниите и на стејхолдерите да ја најдат корелацијата меѓу податоците и нивните бизнис конзистентности, наведува извештајот. Податоците ќе бидат собирани од различни извори, и еднаков пристап ќе имаат сите општествени структури – не само компаниите. Ќе уследи ера на потполна транспарентност во која компаниите ќе немаат друг избор, сликовито се наведува во извештајот. Понатаму, GRI тврди дека извештаите од иднината ќе содржат податоци за напорите на компаниите во борбата со климатските промени, со менаџирањето со отпадот, со заштитата на екосистемите, со управувањето со природните ресурси, како и со управувањето со водата и со


www.kapital.mk

Капитал број 916 19.05.2017

39 храната, со заштитата на човечките и на здравствените права ... Исто така, дигиталните извештаи ќе влијаат на транспарентноста на добавувачкиот синџир и на неговата перцепција во јавноста. Заедно со стратешките цели на компаниите, за првпат ќе биде едноставно да се види придонесот (на компаниите) во решавањето на општествените предизвици, и затоа општествено одговорното работење, од нешто што е одвај „убаво да се има“, ќе стане клучна компонента на бизнисот.

Информациите што даваат сила

Земајќи го предвид наведеното, благодарение на развојот на дигиталната технологија, стејкхолдерите, купувачите, инвеститорите и клиентите, ќе играат значајна улога кога станува збор за општествената одговорност. Вклучените и информирани стејкхолдери ќе ги разбираат податоците и така ќе придонесат во оценувањето на работата на компаниите, но и за нивната целокупна положба во општеството. Технологијата и иновациите ќе го променат начинот на кој информациите ќе бидат собирани, систематизирани, комуницирани и потоа користени. За кои алатки станува

Шест предизвици и лекции за компаниите при известувањето за одржливоста

збор? Некои се веќе тука: GRI G4 Guidelines, CSR Hub, The MultiCapital Scorecard и GISR CORE програмата. Тие веќе сега им овозможуваат на купувачите, на инвеститорите и на добавувачите, да ги разберат напорите на компаниите кога станува збор за одржливоста. Токму овие алатки на компаниите им ја олеснуваат работата при изработката на нефинансиските извештаи, и во обезбедувањето транспарентност. Како резултат, во иднина компаниите ќе мораат да реагираат побрзо отколку сега, и да бидат во постојана комуникација со своите стејкхолдери, заклучува GRI. nnn

ЗЕЛЕНИ ДОМОВИ ЗА ЗЕЛЕНИ ГРАДОВИ ЗДРАВ ЖИВОТ НЕЗАГАДЕНА ЖИВОТНА СРЕДИНА

Клучни предизвици: � Ефикасна соработка со различните стејкхолдери; � Поврзување на одржливоста со секојдневните мерки на кои стејкхолдерите посветуваат внимание; � Добивање подобри податоци од добавувачите; � Разгледување на општествените вредности при известувањето; � Поврзување на целите на работењето со посебните цели на вработените; � Одржување на квалитетот на управувањето – да нема заостанување;

Клучни лeкции: � Односот со стејкхолдерите треба да биде процес на континуирана соработка; � Работењето на компанијата треба да биде раскажано на едноставен, единствен и карактеристичен начин; � Треба да се биде храбар доколку се случат пропусти; да не се стравува од признавање на грешките и секогаш да се има расположение да се поправат; � Треба да се разбере дека извештајот за одржливоста може позитивно да влијае на економските одлуки; � Извештајот за одржливост треба да биде интерактивен и да поттикнува дијалог; � Да се фокусира на материјалните/значајните ставки на компанијата и на нејзите стејкхолдери

ВИЛА АДОРА ЦРНИЧЕ-СКОПЈЕ Вселиви домови со имотен лист

REHAU прозори заштеда на енергија и пари за ладење и греење STO органска фасада еко домување со здрав воздух RIGIPS звучна изолација дом без бучава со акустичен комфор

02 5 215 215 | 075 204 024 075 240 200 | 078 240 467 078 240 354

prodazba@adora.com.mk www.adoraflatiron.mk

www.adora.com.mk


www.kapital.mk

Капитал број 916 19.05.2017

40

AНАЛИЗА

ЕКСПЕРТИТЕ ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА ЗА ЗАГАДУВАЊЕТО ОД РУДНИЦИТЕ

РУДАРСТВОТО Е ПРИ ВРВОТ ПО ЗАГАДУВАЊЕ НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА пишува:

Александар Јанев

С

aleksandar.janev@kapital.mk

Секоја стопанска активност е поврзана со одредено нарушување на квалитетот на животната средина, но рударството и металургијата се при врвот на списокот на активности кои имаат негативно влијание, оценува за Капитал, професорот Бошко Ников, експерт за индустриско загадување. Професорот Ников одговора на клучните дилеми што се појавија во јавноста околу потенцијалните опасности за загадување на животната средина со отворањето на новите рудници за бакар, злато и сребро во југоисточна Македонија. Професорот Ников, предупредува дека постојат низа ризици што може да направат штети врз животната средина. „За да се работи во отворен коп неопходно е прво да се открие голема површина земјиште. Самото откривање прави двојна штета врз животната средина. Прво, уништува дел од вегетацијата. Понекогаш тоа може да биде значителна штета, па според тоа да биде регулирано според

Професорот Бошко Ников, експерт за индустриско загадување, за Капитал вели дека рударството е при врвот на списокот на активности кои имаат негативно влијание врз животната средина. Тој одговора на клучните дилеми што се појавија во јавноста околу потенцијалните опасности за загадување на животната средина со отворањето на новите рудници за бакар, злато и сребро во југоисточна Македонија.

законот за животна средина, односно да се направи претходна (ex ante) процена на еколошката штета и да се определи соодветна компензација. За време на врнежи се намалува количеството на површински води, а се зголемува на оние кои низ откриената површина, низ почвата, се упатуваат кон подземните води. Тоа само по себе не е голем проблем, но при експлоатација на рудното тело, минералите се изложени на кислород од воздухот со што се олеснува растворањето на некои од нив“, вели Ников. Според него, во текот на експлоатацијата нивото на работната површина ќе се спушти под нивото на подземните води. „Квалитетот на тие води значително ќе се промени откако ќе дојдат во контакт со минералите во оксидациона и евентуално

закиселена средина“, предупредува професорот Ников. Тој вели дека остатоците од лужењето, односно оросувањето на купот руда со раствор на сулфурна киселина, по одредено време се сушат со што се изложени на ерозија од ветер и така стануваат извор на загадување со цврсти честички. Ископот и дробењето, како што објаснува Ников, се исто така активности кои предизвикуваат емисии на цврсти честички. „Воздухот ќе биде изложен на загадување поради големи откриени површини, ископ и транспорт на рудата, дробење, складирање (градба на халди), одлагање на јаловина, оросување со сулфурна киселина, понесување на сулфурни соединенија (H2SO4, SO2, SO3) со испарената вода и сл. Загадувањето на почвата е локално,


www.kapital.mk

Капитал број 916 19.05.2017

41 односно ограничено на близина на рударските операции. Најголем е ризикот од загадувањето на подземните води и се надевам дека овој проблем инвеститорот го имал предвид“, оценува Ников. На прашањето колку примената на современите достапни техники во процесот на ископување и преработка на рудата, професорот Ников вели „тоа не е само по себе гаранција дека животната средина нема да биде под одредено негативно влијание“. Загриженоста произлегува од недостатокот на информации, вели Ников, a конкретно за студијата за оцена на влијанијата врз животната средина за рудникот Казандол во валандовско, вели дека мора да ги квантифицира влијанијата. „На пример: „концентрацијата на сулфурни соединенија на одредена локација, според пресметките базирани на одредена (стандардна) метода се очекува да биде Х mg/m3“. На сличен начин треба да се прикаже распространувањето на суспендираните честички како и другите штетни супстанции“, сугерира Ников.

Катастрофални инциденти

Професорот Ников, вели дека рудници со отворен коп во Европа има во голем број, меѓу кои е и рудникот Бучим, но помал е бројот на рудници со отворен коп и лужење на халда. Халда е куп од различни фракции издробена руда кој се формира врз претходно подготвена подлога и кој потоа се полева со раствор за лужење (главно разредена сулфурна киселина). Покрај Бучим меѓу последните се, Талвивара (Talvivaara), рудник за никел во Финска; Тарсис (Tharsis), рудник за бакар во Шпанија и Баја Маре, (Baya Mare), рудник за злато во Романија. „Наведените три рудници имале инциденти со сериозни последици по животната средина. За волја на вистината, тие инциденти не се во врска со начинот на лужење, туку со безбедноста на одлагањето на милта. Најпознат е инцидентот во Баја Маре во 2000 година, кога околу 100.000 m3 раствор со околу 1g/l цијанид беа испуштени во Tиса и Дунав откако се урна браната за јаловина“, посочува профе-

сорот Ников. Според него, повеќе рудници со отворен коп за кои има информации се во близина или се граничат со населени места, но „треба да се процени дали придобивките се поголеми од загубите и соодветно на тоа да се донесе одлука да се изгради рудникот или не“.

Земјоделскиот имиџ може да се загрози

Зборувајќи за југоистокот на земјата, каде што, како што пишуваше Капитал, се произведува околу една третина од целото земјоделско производство, професорот Ников оценува дека за земјоделски крај којшто претендира на органско производство, најголемата опасност е губењето на претставата за подрачјето, односно имиџот како здрава животна средина. „Загубите од овој вид треба да се присутни во извештаите за оцена на влијанијата врз животната средина, како и мерките за компензација (ако се неопходни)“, вели Ников. „Земјоделското производство не е значително загрозено. Меѓутоа, вредноста на земјоделските производи може да биде редуцирана, меѓу другото и поради субјективната оцена на корисниците на производите. Мој впечаток е дека оддалеченоста на рудникот од земјоделските површини е значителна и според тоа влијанијата се ограничени, но во секој случај треба да се направат детални анализи на дисперзијата на загадувачките супстанции во воздухот и да се процени таложењето врз земјоделските површини“, сугерира Ников. Тој вели дека изградбата на рудник и металуршки капацитет ја менува структурата на стопанството во поблиската или пошироката околина. „Последиците од затворањето на рудникот (еден ден тоа секако ќе се случи) веројатно ќе бидат поголеми отколку оние од неговото отворање и работа, ако навреме не се подготви и финансиски не се поддржува план за затворање на рудникот. Тој план треба да содржи мерки за преструктурирање на стопанството и вработување на работниците од рудникот. Непланското затворање на рудниците

„Злетово“ и „Тораница“ се доволна поука за тоа“, посочува Ников.

Недоволна информираност

Јавноста има право да ги знае ризиците и последиците ако некој од нив се случи, вели професорот Ников за отворањето на новите рудници во југоисточна Македонија, но неопходно е да ги знае и сите позитивни ефекти од изведувањето на предложените проекти. „Ако веќе одлучува за спроведување на проект или не, тоа мора да го направи со доволно информации. Повикот за јавна расправа не треба само да ги задоволи минималните законски услови. Тој треба да обезбеди можност (во смисла на навремено и зачестено известување, прикладен термин и место на одржување) секој заинтересиран граѓанин да присуствува. Тогаш, надлежниот орган може да донесе решение кое ќе го поддржи и јавноста“, вели Ников. Според него, погрешната одлука да се отвори рудник може да има значајни последици и ќе биде потребен одреден временски период тие да се санираат. „Но, ако таа одлука е исправна, а под притисок на јавното мислење не се реализира, ќе минат децении дури некој се сети да направи нови истражувања и да го врати процесот на одлучување. Затоа, наместо пребрзо да се оди на референдум, сметам дека е многу посоодветно, инвеститорот и изготвувачите на студијата за оцена на влијанијата на проектот врз животната средина да подготват дополнителни информации, вклучувајки ги и оние за економскиот развој и во соработка со локалните и државните надлежни органи да организираат јавни расправи“, смета Ников. Граѓаните од југоистокот се мобилизираа и бараат преку референдуми во неколку општини, меѓу кои Гевгелија, Валандово, Богданци, Дојран, Струмица, да се слушне нивниот глас, откако три компании, од кои две веќе ги градат и уште една допрва планира да побара таква концесија откако ги заврши геолошките истражувања, планираат да отворат рудници за вадење на злато, сребро и бакар. nnn bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

w��l�2 PICNIC

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Совет на странски инвеститори Foreign Investors Council

СВЕТСКИ ПИКНИК

21.5.2017 (недела) од 12:00 до 15:00 часот

ГРАДСКИ ПАРК, Скопје зад споменикот на Гоце Делчев


www.kapital.mk

Капитал број 916 19.05.2017

42

СВЕТ БИЗНИС И ПОЛИТИКА

КИНА ПОДГОТВЕНА ДА ИНВЕСТИРА МИЛИЈАРДИ ВО ПРОЕКТОТ НА ВЕКОТ

ПРЕТСТАВУВАЊЕТО НА НОВИОТ ПАТ НА СВИЛАТА СО ВОЗДРЖАНОСТ ДОЧЕКАНО ОД ЕУ Кина е подготвена да инвестира 124 милијарди долари во инфраструктурата на три континенти по новиот Пат на свилата, но повеќето држави на ЕУ го оспоруваат проектот поради недостаток на транспарентност, особено во делот на јавните набавки, а загрижени се и дека ќе бидат занемарени еколошките и социјалните стандарди

П

Претседателот на Кина и првите луѓе на уште 29 држави во понеделникот во Пекинг го потврдија ангажманот за развој на слободната трговија во рамките на амбициозната иницијатива на кинеските власти, „Еден појас, еден пат“, позната уште и како „Новиот пат на свилата“. Кинескиот претседател Си Ѓинпинг за време на дводневниот форум објави дека Кина е подготвена да инвестира 124 милијарди долари во инфраструктурни проекти по

неколкуте насоки на Патот на свилата. Освен ова, Пекинг е подготвен да вложи други, скоро 800 милијарди долари во економиите на државите што учествуваат во иницијативата. Проектот има за цел да ги засили глобалните лидерски позиции на Кина, со изградбата на инфраструктурни и трговски врски меѓу Азија, Африка и Европа. „Се надеваме дека преку развојот на „Еден појас, еден пат“ ќе ослободиме нови економски сили за глобален раст, ќе изградиме нови платформи за глобален развој, и ќе ја ребалансираме економската глобализација, за човештвото да направи чекор кон заедничка судбина“, изјави кинескиот претседател во завршниот збор во понеделникот. „Треба да го подобриме координирањето

на политиките и да ги отфрлиме практиките една држава да заработува за сметка на осиромашувањето на своите соседи. Ни требаат резултати од кои ќе добиваат сите, со кои ќе се избегнува фрагментирањето на пазарите, наметнувањето граници на соработката и ќе се одбие протекционизмот“, изјави Ѓинпинг. Финалниот документ ветува дека ќе се работи врз база на трговски систем без дискриминација, и заедно со Светската трговска организација, во противтежа на протекционизмот. Овој тон е во контраст со новата администрација во САД, која на принципот „Америка на прво место“ настојува да си го зачува правото на протекционистички мерки, го укина учеството во Тихоокеанското економско партнерство (TPP) и почна ревизија на сите трговски договори.

ГЕРМАНИЈА: ЕВРОПСКИТЕ КОМПАНИИ УШТЕ НЕМААТ СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО КИ


www.kapital.mk

Капитал број 916 19.05.2017

43 Но, некои западни дипломати на иницијативата гледаат како на обид да се шири кинеското влијание низ светот и се загрижени за транспарентноста на процедурите и пристапот на странски компании до проектите. Државите на Европската унија нема да го потпишат финалниот документ од Пекинг, изјави во понеделникот за Ројтерс портпаролот на Европската комисија, Јурки Катаинен. Тој објасни дека причината е формална – за трговски прашања преговорите во однос на ЕУ ги води ЕК, а овој пат таа не добила мандат од државите членки да го разгледува текстот. „Но, ова не е проблем. Настанот организиран од кинеските власти, како и заедничкиот став што ќе се случува и што треба да биде сторено се многу позитивни“. Но, Германија иако директно кажа дека би сакала да ја поддржи иницијативата, потенцираше оти е потребна поголема транспарентност. Во неделата министерот за економија, Бригите Циприс, изјави дека ЕУ нема намера да потпише додека Пекинг не одговори на барањето гаранции оти трговијата по „Едниот појас, едниот пат“ ќе биде слободна, ќе бидат почитувани меѓународните стандарди за заштита на животната средина и регулациите за трудовите односи при изградбата и експлоатацијата, како и дека ќе им биде даден пристап на компаниите од ЕУ до конкурсите за јавни набавки во Кина. „Фактот што европските компании сè уште немаат слободен пристап до кинеските јавни набавки и не можат да бидат 100% активни инвеститори, останува проблем за нас“, додаде Циприс. На форумот во Пекинг имаше делегации од над 100 држави, но повеќето западни држави испратија министри или функционери на пониско ниво, што беше примено како сигнал за воздржан однос кон кинеската иницијатива. Само премиерите на Унгарија, Виктор Орбан, и на Италија, Паоло Џентилони, како и чешкиот претседател Милош Земан, пристигнаа во главниот град на Кина. За сметка на тоа, од земјите надвор од ЕУ, тука беа претседателот на Русија, Владимир Путин, на Турција, Реџеп Таип Ердоган, на Белорусија, Александар Лукашенко, како и генералниот секретар на Организацијата на обединетите нации, Антонио Гутереш, и првите луѓе на Светската банка и на Меѓународниот монетарен фонд. Индија одбра да ја бојкотира средбата, зашто дел од планираните траси за трговија е коридорот од Кина до пакистанското крајбрежје на Индискиот океан за 57 милијарди долари, кој минува низ територија на Кашмир оспорувана меѓу трите држави. Освен ова Министерството за надворешни работи на Индија коментираше дека е загрижено од структуирањето на „Еден појас, еден пат“ зашто државите низ кои ќе минува ќе треба да земаат кредити за стотици милиони и дури милијарди долари. Од Австралија – уште една од регионалните економии, изјавија во неделата дека се отворени кон идеи за проширување на

ИНЕСКИТЕ ЈАВНИ НАБАВКИ

трговските можности, но оти ќе донесат одлука врз база на заштитата на националните интереси. Американската инвестициска компанија Exotix Partners, специјализирана за пазари со ниска ликвидност, во понеделникот излезе со коментар дека остануваат прашањата во однос на тоа дали бизнисот и инвеститорите во државите по новиот Пат на свилата ќе имаат корист од новата инфраструктура. Не е јасно какви расходи може да се појават во перспектива и дали ќе се создадат можности за локалните добавувачи на материјали, на работна

рака и на финансирање. „Во крајна линија треба да се разјасни колку политички суверенитет ќе биде отстапен и каков е ризикот од укинување на проектите во случај на хаотично забавување на кинеската економија“, изјавија од Exotix Partners. Претседателот на Кина, Си Ѓинпинг, изјави дека Кина ќе биде домаќин на втор форум „Еден појас, еден пат“ во 2019 година. „Имаме основа да бидеме уверени во иднината на овој проект. Но, и треба да се изоди долг пат, зашто ова е долгорочен потфат“. nnn


www.kapital.mk

Капитал број 916 19.05.2017

44

СВЕТ

XIAOMI, НЕКОГАШ НАЈУСПЕШНИОТ СТАРТАП ...

КРАХОТ НА ЕДЕН БИЗНИС МОДЕЛ

Д

Долго време Xiaomi го нарекуваа „кинескиот Apple“. Но, стартапот кој во тек на последниве години се наметна на пазарот на смартфони и дури во еден момент стана број три во светот, е исправен пред егзистенцијална криза. Компанијата има пад на продажбата и испадна од Топ 5 на својот главен пазар – Кина. Во исто време ги губи и главните менаџери и дизајнери. Причината за досегашниот успех на брендот беше бизнис стратегијата на продажба на смартфони преку интернет,

со минимални расходи за физички објекти и реклама. Но, новите пазарни тенденции, како барањето поскапи мобилни уреди, конкуренцијата од други кинески играчи како Huawei и Oppo, и пречките пред активното влегување на европскиот пазар, ја принудуваат компанијата целосно да го промени бизнис моделот.

Кинескиот еднорог

Xiaomi е основана во Пекинг во 2010 година, од поранешниот извршен директор на кинеската софтверска компанија Kingsoft, Леи Џун. Од почетокот компанијата нудеше софтверски решенија, но успеа да се пробие дури откако почна да произведува мобилни телефони и да ги продава преку својот сајт. Растежот во следните години беше неверојатен: од 7,2 милиони смартфони во 2012 година, до вистинска сензација во 2014, кога успеа да достигне продажба од скоро 60 милиони телефони,

со што го зазема челното место во Кина, изместувајќи ги Apple и Samsung, а дојде и на трета позиција во светот. „Ние, всушност, сме интернет компанија“, така основачот Џун го објаснува досегашниот успех на Xiaomi. Во интервју за Bloomberg пред некое време тој изјави дека споредбите со Apple се целосно неосновани и погрешни. Самиот Џун повеќе сака да биде споредуван со Costco, американската компанија што се занимава со трговија на мало по пристапни цени. „И ние како Costco сакаме нашите клиенти да добиваат подобри производи по пристапни цени“.

Стратегија за милијарди

Уште од самото создавање на компанијата во нејзината бизнис стратегија се наложени две политики: Xiaomi првенствено се потпира/смета на интернет трговијата, и се рекламира „од уста на уста“. Овие два

ЏУН: НЕ ТРЕБА ДА НÈ СПОРЕДУВААТ СО APPLE, НИЕ СМЕ ПОВЕЌЕ КАКО COSTCO



www.kapital.mk

Капитал број 916 19.05.2017

46

СВЕТ

основни принципи ја доведоа компанијата на челното место по продажба во Кина. Ниските маржи со кои производителот работи при продажбата на мобилните телефони, се можни благодарение на средствата што тој ги заштедува не работејќи со физички продавници и на избегнувањето производството да го препродава преку дистрибутери. Исто така, значајни се и даночните олеснувања за интернет трговија во Кина. На овој начин, цената по која мобилниот уред стигнува до корисникот станува најпривлечна, а производителот од своја страна реализира дополнителни приходи од продажбата на апликации и додатоци за уредите. Маркетинг стратегијата на компанијата е специфична за овој бизнис модел. Xiaomi игра на моментална распродажба на која и претходи неколкунеделна активна рекламна дејност на социјалните мрежи. За неколку години компанијата успеа да пробие и на пазарите надвор од Кина, како Индија, Хонгконг, Тајван и останати.

Европската бариера

Иако Европската унија е најголем трговски партнер на Кина, на Xiaomi не му успева да се пробие на континентот. Тоа се должи на специфичната бизнис стратегија на компанијата и на особеностите на пазарот на мобилни уреди во Европа. И покрај тоа што последниве години просечната продажна цена на смартфон драстично е падната од 419 до 259 долари, таа сепак останува за скоро 40 долари повисока од онаа во Кина. Продажбата на смартфони од високата класа, исто така е стимулирана од маркетиншката политика на мобилните оператори да создаваат претстава дека покриваат поголем дел од расходите преку тарифните модели. Овие фактори, комбинирани со политиката на кинеската компанија да не склучува договори со телекоми, претставуваат сериозна бариера за навлегување во европските држави. Друг аспект е конзервативната природа на европскиот корисник, кој е скептичен кон брендовите без физички трговски претставништва.

Под ударите на динамичниот пазар

Промените на преференците на корисниците и тенденцијата на американскиот модел на продажба, силно зависен од платената реклама, да навлегува во држави како

Кинескиот технолошки џин, Xiaomi, стартапот што беше и меѓу топ три по продажба на мобилни телефони во светот, се соочува со избор целосно да ја промени политиката на компанијата, или да го загуби бизнисот Индија и Кина, има сериозно влијание врз продажбата на компании како Xiaomi. Откако во 2015 година на производителот му недостигаа 22 милиони за амбициозната цел од 100 милиони продадени уреди, во 2016 година тој регистрираше пад од 40%. Ова даде можност на други кинески производители, како Huawei, Vivo и OPPO да го потиснат Xiaomi во Кина. Овој сплет на околности е причината компанијата да ја преработи својата стратегија. Веќе има отворено трговски претставништва во држави како Полска и Русија, и активна маркетинг дејност во САД.

Нова стратегија

„Во минатото Xiaomi ја почна тенденцијата мобилните телефони да се продаваат онлајн, и многу инвеститори ја прифатија, создавајќи свои сопствени брендови. Но, по успехот на Oppo со нивниот R9, многу производители се свртеа кон ангажирањето познати личности за рекламни лица, и кон младите корисници како таргет група“, вели аналитичарот Сјаохан Таи за AP. Лошите новини продолжуваат и оваа година. Пред неколку месеци вицепретседателот на

компанијата, Хуго Бара, кој беше одговорен за меѓународната експанзија на Xiaomi, објави дека си оди, за да премине во Facebook. Тој беше еден од главните лица зад подемот на брендот, и неговото отсуство не поминало незабележано во компанијата. Како дел од плановите за заживување, Џун соопшти дека ќе го преструктуира бизнисот на компанијата така што ќе го зголеми офлајн присуството и меѓународната експанзија на брендот. Главен дел од стратегијата е отворањето на повеќе објекти за паметниот дом – Mi Home. Вкупно во следните три години е предвидено отворањето на 1.000 продавници. Компанијата е приватна и не ги објавува своите финансиски резултати, но Џун објави дека годинава очекува продажбата да достигне 100 милијарди јуани (14,5 милијарди долари). „Најлошото помина“, изјави Џун за Reuters во јануари, кога ја опиша 2016 како година на промени. Сега Xiaomi, што се беше претворил во најуспешен стартап со пазарна проценка од 46 милијарди долари, треба или да се преустрои брзо, или да биде голтнат од динамичниот пазар. nnn


ЛИДЕР ВО ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО НА КВАЛИТЕТНИ ГРАДЕЖНИ МАТЕРИЈАЛИ КВАЛИТЕТ-ПРОМ е препознатливо име во областа на трговија со градежни материјали. Наша основна карактеристика по која се разликуваме од другите е целосната посветеност кон конкретните потреби и желби на нашите клиенти. Квалитетот е потврден со сертификати од самите производители. КВАЛИТЕТ-ПРОМ со своето долгогодишно искуство во продажбата и набавката на градежни материјали е докажан бренд на македонскиот пазар. За нашиот квалитет и посветеност кон работата доволно говори долгата референтна листа на задоволни клиенти и соработници. За сите наши производи вршиме транспорт до вашиот објект или склад. Испораката е навремена и бесплатна. Ваше е само да порачате, а ние ќе го организираме сето останато. КВАЛИТЕТ-ПРОМ располага со армирачки погон, јавен царински склад со отворен и затворен простор со можност за складирање на различни видови стока како и со царински терминал за увоз-извоз со можност за сместување на 100 товарни возила.

kvalitet-prom.com.mk


www.kapital.mk

Капитал број 916 19.05.2017

48

ЛУЃЕ И КОМПАНИИ

РЕКОА ЗА... ПАРИТЕ

В

елат дека љубовта е поважна од парите, ама сте пробале ли да ги платите сметките со прегратка? Парите некои ги дефинираат како нужно зло, други пак како нужна потреба, исто како кислородот. Да видиме што рекле неколку големи личности од светската јавна сцена на оваа тема.

Ако не постоеја жените, тогаш сите пари на светот ќе немаа значење.

Парите се подобри од немаштијата, ако не друго, заради финансиски причини.

ВУДИ АЛЕН

американски режисер

АРИСТОТЕЛ ОНАЗИС милијардер

Ако и должиш на банката 100 долари тоа е твој проблем. Ако и должиш 100 милиони, тогаш е нејзин проблем.

Парите не се најважната работа во светот. Љубовта е. За среќа, јас ги љубам парите.

ЏЕКИ МЕЈСОН американски комичар

Џ. П. ГЕТИ

американски индустријалист

За да заработиш милион, почни со 900 илјади.

Кокаинот е начинот на кој што Господ ти кажува дека заработуваш премногу пари.

РОБИН ВИЛИЈАМС американски актер

МОРТОН ШУЛМАН

канадски бизнисмен и политичар



www.kapital.mk

Капитал број 916 19.05.2017

50

ЛИДЕРИ

ИРЕН РОЗЕНФЕЛД

ДИРЕКТОР И ПРЕТСЕДАТЕЛ НА MONDELEZ INTERNATIONAL

НЕ МОЖЕ ЦЕЛО ВРЕМЕ ДА ИГРАТЕ НА СИГУРНО ДОКОЛКУ САКАТЕ НАПРЕДОК

С

екојпат кога ќе купите нешто од Milka придонесувате за платата на оваа жена. Ирен Розенфелд е на чело на Mondelez International, компанијата што прави годишен

Околу мене сакам тим на луѓе со различен бекграунд и различни погледи на нештата. Ако сите мислиме исто ништо нема да направиме.

Најважната задача на лидерот е да постави јасна цел, да биде транспарентен околу начините како да се стигне до таму и да го држи цврсто правецот.

Мајка ми беше домаќинка, татко ми сметководител. Ме научија многу за тоа што значи да работиш напорно.

Ме нервира кога ќе видам фрустрирани вработени или некој што ја напушта работата заради некоја друга прилика што можел и на претходното место да ја добие само доколку го побарал тоа.

обрт од 26 милијарди долари, и којашто покрај славното чоколадо, поседува уште еден куп познати брендови од прехранбената индустрија, а е со седиште во САД.

Како ќе ги менаџираш промените во организацијата е клучна работа.

Не може цело време да играте на сигурно доколку сакате напредок.

Луѓето обично гласаат на избори со своето срце, не со разумот.




Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.