917 kapital magazin

Page 1

КАПИТАЛ АНАЛИЗА КАКО МАКЕДОНИЈА ДА ИЗГРАДИ СИЛНА ДРЖАВНА РАЗВОЈНА БАНКА?

БАЛКАН БИЗНИС И ФИНАНСИИ ХРВАТСКА ВОВЕДУВА НАДЗОР НА СМЕТКИТЕ НА ПРЕМИЕРОТ, ПРЕТСЕДАТЕЛОТ, МИНИСТРИТЕ...

Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

СВЕТ ДАЛИ Е МОЖНО ТРАМП ДА СЕ СИМНЕ ОД ВЛАСТ СО ИМПИЧМЕНТ?!

WWW.KAPITAL.MK

COVER STORY

НОВАТА ВЛАДА НАСЛЕДУВА РЕКОРДНО ВИСОК ДОЛГ 53,1%

Јавен долг како удел во БДП 38,3%

46%

46,5%

47,8%

40,3%

4,7 46% ОДБДП 2017

27,2%

2011

56%

МИЛИЈАРДИЕВРА

32%

2010

54%

2012

2013

2014

2015

2016

2017*

2018*

2019*

*Проценки на Министерство за финансии во последната Фискална стратегија

EXCLUSIVE

КОИ СЕ ОПЦИИТЕ ЗА МАКЕДОНИЈА?

ВЛАДИМИР ПУКЛАВЕЦ

ОД ПРОЕКТАНТ НА ГАСНИ ПОСТРОЈКИ ДО ПРОИЗВОДИТЕЛ НА ВРВНИ ВИНА

ЕДЕН ОД НАЈБОГАТИТЕ СЛОВЕНЦИ ПРАВИ ПРЕМИУМ КАБЕРНЕ ВО МАКЕДОНИЈА

БРОЈ 917 | ЦЕНА 100 ДЕН. 26 МАЈ 2017 | ПЕТОК | ГОДИНА 18

БИТКОИНОТ РУШИ РЕКОРДИ



3

Капитал број 917 26.05.2017

СОДРЖИНА

04 04

ВО ФОКУС

06

НАВИГАТОР

08 14

Биткоинот руши рекорди, а Македонија се уште со забрана за тргување Фонд собра 93 милијарди долари за инвестирање во роботи и вештачка интелигенција

28 22 28

COVER STORY

Новата влада наследува рекордно висок долг Кои се опциите за Македонија?

КАПИТАЛ АНАЛИЗА

Како Македонија да изгради силна државна развојна банка?

36

СВЕТ БИЗНИС

Еден од најбогатите Словенци прави премиум “каберне совињон“ во Македонија

42

СВЕТ БИЗНИС

INTERVIEW

44

СВЕТ

48 50

ЛИДЕРИ

EXCLUSIVE

ВЛАДИМИР ПУКЛАВЕЦ

од проектант на гасни постројки до производител на врвни вина

БОРИС ВУКИЌ

партнер на Adizes South East Europe и експерт за семејни бизниси

Семејните бизниси мора да преминат од претприемачки кон менаџерски начин на водење

32

42

БАЛКАН БИЗНИС

Хрватска воведува нови правила Надзор на сметките на премиерот, претседателот, министри и судии...

Како глобализацијата да работи за секого? Дали е можно Трамп да биде симнат од власт со импичмент? Google ја има“банџи“ програмата за да ги задржи милениумците Рекоа за... лажењето

ЛИДЕРИ

ШЕРИЛ СЕНДБЕРГ

главен оперативен директор на Facebook

Ако угодувате секому, нема да стигнете далеку

БИТКОИН ЛУДИЛО

СЛОВЕНЕЧКО, А НАШЕ

ТРАМП

Вредноста на криптовалутата биткоин надмина 2.000 долари и порасна за 65% за само два месеци. Ова е највисока досега вредност. Вкупната пазарна капитализација на биткоинот сега се искачи на високи 32,92 милијарди долари. Додека вредноста на биткоинот руши рекорди, во Македонија за трговија со биткоин официјално може да се заврши во затвор. Плаќањето со биткоин во Македонија е забрането и секој кој ќе ја користи за било каква трансакција го крши законот. Користењето на биткоин во Македонија е во спротивност со Законот за платен промет и Законот за девизно работење.

Лозја и визба во Неготино се базата од каде што Puklavec Family Wines, словенечка винарска групација ги лансира своите каберне, мерло и вранец во арсеналот на црвени вина со коишто сака да го освои светот. Владимир Пуклавец, деветти на листата најбогати Словенци, во 2009-та прво купи винарска визба во својата татковина, а потоа и во Македонија, со цел да прави вина со светски квалитет. Во тоа му помагаат и двајца Македонци – едниот е задолжен токму за креирањето на квалитетни црвени вина, а вториот се грижи вината од групацијата да го најдат патот до крајните потрошувачи.

Американскиот претседател Доналд Трамп станува цел на сè повеќе обвинувања за време на својот мандат и веќе неминовно се наметнува една ситуација што почнува со зборот импичмент. Ова беше разгледувано како можност од неговите опоненти уште пред Трамп да стапи на должноста, но сè уште никој не ја споменал отворено и покрај серијата скандали. Последниот во низата, оној за тоа дека претседателот побарал од шефот на ФБИ, Џејмс Коми, да запре истрагата за врските меѓу поранешниот советник за национална безбедност, Мајкл Флин, и Русија, а 24 часа пред тоа излегоа тврдењата оти тој дозволил протекување на тајни разузнавачки податоци кај рускиот амбасадор.

XX Стр. 4

XX Стр. 22

XX Стр. 40

Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје l Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31 l П. ФАХ 503, 1000 Скопје l Директор и одговорен уредник: Љупчо Зиков l Печати: Графички центар Скопје, ул. Скупи бб, 1000 Скопје l Тираж: 3.000 примероци l Датум на печатење: 25.05.2017


Капитал број 908 24.03.2017

www.kapital.mk

ВО ФОКУС 4

ВИРТУЕЛНАТА ВАЛУТА НАДМИНА 2.000 ДОЛАРИ

БИТКОИНОТ РУШИ РЕКОРДИ, А МАКЕДОНИЈА СЕ УШТЕ СО ЗАБРАНА ЗА ТРГУВАЊЕ Додека вредноста на биткоинот руши рекорди и се тргува по над 2.000 долари за еден биткоин, како резултат за се пошироката поддршка од страна на големите финансиски институции и растот на трансакциите, во Македонија за трговија со биткоин официјално може да се заврши во затвор.

ТРЕНД: ОД ПОЧЕТОКОТ НА АПРИЛ ВРЕДНОСТА НА


www.kapital.mk

Капитал број 916 19.05.2017

5

В

Вредноста на криптовалутата биткои надмина 2.000 долари. Ова е највисока досега вредност. Вкупната пазарна капитализација на биткоинот сега се искачи на високи 32,92 милијарди долари. На почетокот на 2017 година цената на биткоинот се движеше околу нивото од 1.000 долари, па почна полека да расте. Во меѓувреме во прилог на популарноста на најпознатата криптовалута се случија неколку работи, како „легализацијата“ во Јапонија, и растот на побарувачката во Кина поради слабоста на домашната валута. Несигурноста на валутните пазари, исто така, ги поттикна луѓето на купување биткоини, а од април нивната цена осетно расте. Оттогаш се соборени неколку рекорди, а во неделата во вечерните часови пробиена е уште една голема психолошка бариера – за еден биткоин потребно е да се издвојат над 2.000 долари, првпат во историјата на виртуелната валута. Најголема причина за растот на вредноста одново е огромната побарувачка за биткоини во Јапонија и во Јужна Кореја, каде цената повремено скока и над 2.300 долари. Цената на биткоинот повеќе месеци наназад бележи нагорна линија, а само од почетокот на април до денес се зголеми за близу 65%. Биткоинот прв пат ја надмина врендоста од 1.000 долари пред четири години, а набрзо потоа падна. Меѓутоа, до крајот на 2016 година повторно ја врати изгубената позиција и се тргување околу 1.000 долари. Економистите објаснуваат дека високиот раст на биткоинот се должи пред се се пошироката поддршка на големите финансиски институции, континуираниот раст на трансакциите со криптовалутите и новите прописи на Кина. Сепак, за најголема причина за растот на вредноста на биткоинот се смета огромната побарувачка за биткоин во Јапонија и Јужна Кореја, каде цената повремено достигнува и до 2.300 долари. Но, и покрај големиот раст, биткоинот не е меѓу најголемите добитници меѓу криптовалутите. Имено, рипл, централизираната валута наменета за големите банки, скокна во последните неколку недели за фрапантни 1.000%, што ја катапултираше на второ место

ЗА ПЛАЌАЊЕ СО БИТКОИН ВО МАКЕДОНИЈА МОЖЕ ДА СЕ ОДИ И ВО ЗАТВОР

П

лаќањето со биткоин во Македонија е забрането и секој кој ќе ја користи за било каква трансакција го крши законот, за што се предвидени не само парични казни, туку и казни затвор. Користењето на биткоин во Македонија е во спротивност со Законот за платен пример и Законот за девизно работење, според кои единствена валута за плаќање и промет во земјава е денарот. Секое правно и физичко лице кои ќе ги прекршат овие закони може да биде казнето со затворска казна од неколку месеци до пет години, или да плати парична казна од 7.000 до 10.000 евра. Народната банка на Македонија и официјално им порача на македонските граѓаните да не инвестираат во биткоини, бидејќи тоа не е дозволено во Македонија и дека станува збор за ризична и шпекулативна валута. За разлика од Македонија, во многу земји од регионот како Словенија, Хрватска, Србија, има ресторани, кафулиња или приватни гимназии кои го примаат како валута за плаќање. меѓу сличните дигитални валути. Истовремено, ривалот на биткоинот, етереум исто така зајакна на 130 долари, што е повеќе од двојно поголема вредност во однос на онаа која ја имаше пред еден месец. Минатата година дигиталната валута биткоин доби голем замав, односно многу важна лиценца од Европската унија. Министерството за финансии на Луксембург одобри биткоинот да стане платежна валута во рамките на ЕУ. Неспорно, една од главните цели

А БИТКОИНОТ СКОКНА ЗА 65%

на потегот на Унијата е да добие увид во движењето на валутата, која сега ќе остава траг што ќе можат да го „читаат“ и по потреба (според прочитаното) да постапуваат европските челници. Претходно судот на Унијата ја ослободи од ДДВ размената на традиционална за дигитална валута, што Wall Street Journal го искоментира како јасен показател дека биткоинот е легитимна валута во Европа. Истовремено, во светот, но и во регионот се отвораат сè повеќе биткоин банкомати. nnn


www.kapital.mk

Капитал број 917 26.05.2017

6

НАВИГАТОР ИЗЈАВА НА НЕДЕЛАТА

> БРОЈКА

ТАЛИР, ТРАЕКТОРИЈА И ТРЕВ Еврото е премногу слабо и тоа заради политиката на ЕЦБ. Затоа, германските производи се евтини и се продаваат повеќе

14,2% е намален откупот на земјоделски производи во првото тромесечие

АНГЕЛА МЕРКЕЛ

канцелар на Германија

С

пецијалното јавно обвинителство објави три нови истраги што произлегуваат од незаконски прислушуваните комуникации. Во истрагата Талир осомничени се претседател на политичка партија (првоосомничен) и други високи партиски функционери – вкупно 11 осомничени, за незаконско финансирање на партијата ВМРОДПМНЕ и за перење пари. Во делот на перењето на нелегалните пари осомничените формирале група која ги внесувала парите на жиро-сметката на партијата, според СЈО, преку готовински

ПАРИ ИМА, ПРЕТПРИЕМАЧИ ВИЕ СТЕ НА РЕД!

ФОНД СОБРА 93 МИЛИЈАРДИ ДОЛ ВО РОБОТИ И ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИ Apple, Foxconn, Qualcomm и други технолошки гиганти , приватни и државни инвеститори, заедно ќе вложат вкупно 100 милијарди долари во VisionFund на јапонската SoftBank, наменети за финансирање на проекти од висока технологија. По 100 милиони долари ќе биде минималниот влог во компании, во коишто ќе бидат купувани малцински и мнозински удели.

O

Огромниот инвестициски фонд на јапонската SoftBank, телекомуникациски гигант, објави дека успеал да собере 93 милијарди долари наменети за вложување во технолошки бизниси. Намерата на VisionFund, како што се вика инвестицискиот фонд, е во наредните шест месеци да стигне до 100 милијарди долари прибрани

Трите технолошки гиганти се дел од вложувачите во VisionFund средства кои што треба да искористат за финансирање на проекти од висока технологија, првенствено роботика и вештачка интелигенција. Меѓу вложувачите се гиганти од технолошката индустрија како Apple, Qualcomm, Foxconn, но и Mubadala Investment Company од Обединетите Емирати, саудискиот PID државен фонд и др. инвеститори од висок ранг. Планот на VisionFund е да вложува по минимум 100 милиони долари во поединечни компании, преку купување мнозински или малцински

удели, без оглед дали се котирани на берза или не. Шефот на јапонската SoftBank, Масајоши Сон, вели дека со овие инвестиции фондот планира да ја развива следната фаза од интернетот и поврзаноста на планетава. “Технологијата има потенцијал да ги решава најголемите проблеми и предизвици со коишто се соочува човештвото денес. Бизнисите што работат на овие проблеми имаат потреба од долгорочен, трпелив капитал и инвестициски партнери


www.kapital.mk

Капитал број 917 26.05.2017

7

ВНИК – НОВИ ТРИ ИСТРАГИ НА СЈО плаќања, како донации и членарини за партијата, при што на уплатниците имало неточни податоци и злоупотреба на личните податоци на членството на политичката партија. Во периодот од 2009 до крајот на 2015 година, преку готовински уплати на жиро-сметката на партијата биле внесени речиси 4.9 милиони евра. Во вториот случај, Траекторија, осомничени се четири лица – поранешни високи владини функционери, кои во втората половина на 2012 и во 2013 година, непочитувајќи ги одредбите

до Законот за јавни набавки склучиле договор со преферирана фирма, иако имало понудувач со поевтина цена за изградба на автопатите Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид. Штетата за буџетот е над 155 милиони евра. Во третиот случај на СЈО, именуван Тревник, станува збор за бесправно градење во Зелениково – три лица изградиле куќи – изградбата почнала во 2011 година, а дури две години подоцна, во 2013, кога објектите биле веќе завршени, добиле одобрение за градба.

> БРОЈКА

1,8%

е зголемена просечната нето-плата во март годинава во споредба со истиот месец лани

лидери

ОЛАРИ ЗА ИНВЕСТИРАЊЕ ИГЕНЦИЈА Парите на фондот ќе се инвестираат во Internet of things, вештачка интелигенција, роботика, биотехнологија, мобилни апликации...

СУНДАР ПИЧАИ

Google го презема од Apple првото место во извештајот Global 500 за 2017 на Brand Finance

ЕМАНУЕЛ MАКРОН

Во новата француска Влада половина од 18-те министри се жени

не им беше неделата

МАРК ФИЛДС

со визија, кои што имаат ресурси да ги поддржуваат тие проекти“, вели Сон. Тој додава дека SoftBank досега има многу инвестирано во технологии што го трансформирале дигиталното време што го живееме. “Нашиот VisionFund е конзистентен со оваа стратегија и ќе помогнеме да се изградат и да пораснат бизниси што прават платформи за следната фаза на информатичката револуција“, додава Сон. SoftBank вели дека ќе се фокусира на области како Internet of things, вештачка интелигенција, роботика, инфраструктура,

телеком индустрија, биотехнологија, финансиска технологија, мобилни апликации , итн. VisionFund и пред собирањето на овие 93 милијарди долари беше активен во финансирање на технолошки компании. Скорешните зделки ги вклучуваат индискиот стартап за финансиска технологија Paytm, компанијата за решенија од виртуелната реалност Improbable Worlds, кинескиот пандан на Uber, Didi Chuxing, како и компанијата за интернет решенија OneWeb.

nnn

Шефот на Ford доби отказ поради слабите резултати и падот на акцијата за 40% во неговиот мандат

НИКОЛА ГРУЕВСКИ

СЈО објави две нови истраги во кои е првоосомничен како лидер на ВМРО-ДПМНЕ


COVER STORY 8 COVER STORY

www.kapital.mk

Капитал број 917 26.05.2017

ТЕСЕН ПРОСТОР ЗА ЗАДОЛЖУ ШИРОК УМ ЗА НОВА ЕКОНОМС

НОВАТА ВЛАДА НАСЛЕ РЕКОРДНО ВИСОК ДОЛ

КОИ СЕ ОПЦИИТ ЗА МАКЕДОНИЈ 53,1%

Јавен долг како удел во БДП 38,3%

46%

46,5%

47,8%

2014

2015

2016

56%

54%

40,3%

32% 27,2%

2010

2011

2012

2013

2017*

2018*

2019*

*Проценки на Министерство за финансии во последната Фискална стратегија

Промислени чекори на мал простор мора да направи новата влада откако јавниот долг според последните податоци на Министерството за финансии до март годинава, достигна 46% од бруто домашниот производ (БДП), или вкупно 4,7 милијарди евра. Тоа значи дека новите задолжувања се прилично ограничени бидејќи според проценките на меѓународните финансиски институции, одржливото ниво на јавен долг за земјите во развој меѓу кои и Македонија се движи меѓу 50% и 60% од БДП. ММФ, пак, јасно прецизираше дека нивото на јавен долг во Македонија не би требало да ја надмине границата од 50% од БДП. Поради тоа, аналитичарите на Finance Think во својата анализа сугерираа „понатамошните задолжувања на Владата да бидат исклучително фокусирани врз финансирање продуктивни инвестиции со висок фискален мултипликатор“.


www.kapital.mk

Капитал број 917 26.05.2017

УВАЊА, СКА СТРАТЕГИЈА

ЛЕДУВА ЛГ.

ТЕ 4,7 ЈА? 46%

МИЛИЈАРДИЕВРА ОДБДП 2017

9


www.kapital.mk

Капитал број 917 26.05.2017

10

COVER STORY

пишува:

M Александар Јанев

aleksandar.janev@kapital.mk

Мал простор за маневар ќе има новата влада за нови задолжувања откако јавниот долг според последните податоци на Министерството за финансии до март годинава, достигна 46% од бруто домашниот производ (БДП), или вкупно 4,7 милијарди евра. А според проценките на меѓународните финансиски институции, одржливото ниво на јавен долг за земјите во развој меѓу кои и Македонија се движи меѓу 50% и 60% од БДП. ММФ, пак, јасно прецизираше дека нивото на јавен долг во Македонија не би требало да ја надмине границата од 50% од БДП. Пред неколку дена и економскиот институт Finance Think објави анализа според која се проценува дека македонскиот јавен долг е одржлив во границите меѓу 51% и 59,2% од БДП. Во Македонија, всушност и Уставот ограничува од годинава буџетскиот дефицит да не надмине 3% од БДП, а јавниот долг се пропиша на максимални 60% од БДП, иако можеби поважно е уставните одредби да гарантираат дека парите за кои што се задолжува државата ќе се инвестираат во развојни проекти. Имајќи ги превид статистичките податоци заклучно со март годинава, произлегува

дека поголемиот дел на фискалниот простор е веќе искористен, односно има мал простор за дополнително задолжување. Аналитичарите на Finance Think во својата анализа сугерираа „понатамошните задолжувања на Владата да бидат исклучително фокусирани врз финансирање продуктивни инвестиции со висок фискален мултипликатор“. „Непродуктивните тековни трошења треба целосно да се елиминираат, а растот на тековните трошења за плати во јавната администрација, пензии и социјални трансфери треба да се усогласи најмногу со номиналниот раст на економијата“, пишува во анализата на Finance Think. Според аналитичарите, стабилизацијата на деловното, институционалното и правното окружување ќе доведе до подобрување на кредитниот рејтинг, кој би довел до намалување на премијата за ризик на државата, и соодветно пониски каматни стапки на задолжувањата во иднина. Резултатите од економетриската анализа на Finance Think покажуваат дека пет макроекономски променливи се статистички значајни и влијаат врз динамиката на Македонскиот државен долг. Поголем реален раст на економијата влијае врз намалување на нивото на државниот долг. Зголемување на каматните отплати влијае негативно врз нивото на долгот. Од останатите променливи, очекувано, поголемо фискално штедење го намалува долгот, додека капиталните инвестиции го зголемуваат државниот долг, но истовремено го зајакнуваат ефектот од БДП врз намалување на долгот, што укажува дека на долг рок, капиталните инвестиции ја зголемуваат отплатната способност на економијата.

Двојно поголем долг

Ако 2007 година јавниот долг изнесувал 25,8% од БДП, на крајот од 2016 достигна 47,8%. Или, во апсолутни бројки, од 1,57 милијарди евра, долгот за десет години е поголем за дури 3,14 милијарди евра. Економскиот ефект, пак, од оваа политика на задолжување, изразен преку економскиот раст е просечна стапка од 2,8% за десет години. ММФ изрази загриженост токму поради брзото зголемување на јавниот долг од една страна, и непродуктивното трошење на позајмените пари од друга. „Најголемиот дел од ова зголемување се должи на зголемени тековни трошења, наспроти капиталните трошења кои влијаат врз зголемувањето на потенцијалниот раст на една земја. Затоа нашата загриженост е во врска со брзиот раст на јавниот долг и начинот на користење“, истакна неодамна шефицата на Мисијата на ММФ во Македонија, Џесмин Рахман. Аналитичарите на Finance Think, дадоа неколк у препораки за целите на управувањето со јавните финансии на краток до среден рок. Прво, се сугерира понатамошните задолжувања на државата треба да бидат исклучиво за продуктивни цели. „Се препорачува на Министерството за финансии да отвори широка јавна расправа за приоритизирање на капиталните инвестиции на државата. Во таа насока, дебатата ќе искористи од студија која го оценува фискалниот мултипликатор на различни видови капитални трошења. Проектирањето капитални трошења со висок фискален мултипликатор ќе овозможи границата на одржливост на долгот да се зголеми“, пишува во анализата.

ФАКТ: ЈАВНИОТ ДОЛГ ДВОЈНО ЗГОЛЕМЕН ЗА ДЕСЕТ ГОДИНИ


www.kapital.mk

Капитал број 917 26.05.2017

11 Освен тоа, се препорачува фискалната консолидација да продолжи во насока на елиминирање на сите непродуктивни трошења, особено оние кои имаат лукративни компоненти, додека растот на тековните трошења за плати на јавната администрација, пензиите и социјалните трансфери да се усогласи најмногу со номиналниот раст на економијата. „Тоа ќе остави простор за капитални инвестиции и ќе ја зголеми одржливоста на долгот“, сугерираат од Finance Think. Се препорачува на Министерството за финансии да изврши и темелна ревизија на Фискалната стратегија која ќе ги инкорпорира наодите од спроведените студии и јавната расправа и ќе даде детален преглед за предвидената динамика на државниот и јавниот долг на следен рок и ќе овозможи јасна претстава како таа динамика се споредува со одржливото ниво. „Стабилизацијата на деловното окружување, преку обезбедување политичка, правна и институционална стабилност, ќе даде нов поттик на растот, ќе ја намали премијата на ризикот и со тоа ќе го намали пририсокот врз каматните отплати. Сличен ефект ќе има и поголемо свртување кон задолжувања на домашниот пазар, за кои во моментов постои значаен простор. Повисок раст, пониски каматни отплати и

поповолен примарен биланс ќе го намалат притисокот врз моменталниот долг и ќе ја поместат повисоко границата на неговата одржливост“, истакнаа од Finance Think.

Новата влада треба да врати над 900 милиони евра

Владата во следните три години треба да врати долгови од 904 милиони евра, покажуваат пресметките од последната Фискална стратегија на Министерството за финансии. Меѓутоа, покритично станува по 2020 година кога доспеваат за отплата двете еврообврзници издадени во 2014 и 2015 година. „Особен предизвик за ефикасно управување со ризикот од рефинансирање се очекува во 2020 и 2021 година, кога редовно ќе достасаат еврообврзниците издадени во 2014 и 2015 година. Фискалната политика e потребно да дава насока за дa може јавниот долг економично да се финансира, притоа земајќи ја предвид неизвесноста во економското опкружување“, пишува во Стратегијата. Последната Фискална стратегија донесена од претходната влада, предвидува задолжувањата во следните три години да изнесуваат 1,72 милијарди евра. Нето задолжувањето во овој период од

2017 до 2019 година, за финансирање на буџетскиот дефицит, според овој план, ќе достигне над 820 милиони долари и тоа ќе го зголеми јавниот долг на земјата до ниво од 56% од БДП.

Реформа на трошењето народни пари

Експертите велат дека новата влада мора да направи темелна реформа на државниот буџет, што ќе вклучи кратење на тековните трошоци и за сметка на тоа ќе се зголемат јавните инвестиции. Анализата на завршните сметки на буџетите од 2007 до 2015 година и податоците за извршување на буџетот за 2016 година, покажа дека во последните десет години, властите потрошиле вкупно 25 милијарди евра народни пари, но само 1,2 милијарди евра се инвестирале во градежни објекти. Тоа значи дека сумата за изградба на патишта, железнички пруги, училишта, но и објектите од проектот Скопје 2014 е само 4,8% од вкупно потрошените пари. Поразително е што дури ниту овие 1,2 милијарди евра не се потрошиле целосно за развојни проекти. Се проценува дека половина од парите завршиле за изградба на зградите, фасадите, спомениците, плоштадите и сите други објекти од проектот Скопје 2014 кој што според последните


www.kapital.mk

Капитал број 917 26.05.2017

12

COVER STORY

пресметки од базата на податоци на БИРН, чини 670 милиони евра. Универзитетски професор чија специјалност е токму инвестиционата политика, Методија Несторовски, објаснува дека постои заблуда дека сите пари наменети за капитални инвестиции во буџетот имаат развоен ефект. „Под капитални инвестиции во буџетот се книжат и купувањето на возила или мебел, коишто се всушност само еднократен трошок без никаков економски ефект. Единствено вложувањето во градежни објекти може да обезбеди развој на долг рок, но важно е и какви објекти се градат, дали патишта или железници или пак објекти како што беа од проектот Скопје 2014“, вели Несторовски. Тој вели дека дури и да се анализираат само градежните објекти што се реализираа последните десет години, во кои што доминираат зградите, плоштадите и спомениците од проектот Скопје 2014, тоа се исто така изгубени пари од економски аспект затоа што овие објекти не се основа за пораст на економијата на долг рок. „Овие инвестиции имаат ефект врз порастот на економијата само во моментот додека се реализираат преку интензивирање на градежните активности. Градежните компании ги собрале парите, прикажале профити и тоа се квантифицирало во зголемување на бруто домашниот производ (БДП). Тоа е единствениот ефект за економијата“ вели Несторовски. Тој појаснува дека кога се вложува во автопати, железница или други инфраструктурни проекти „се создаваат услови на долг рок бизнисите да ги намалуваат трошоците на работење, на пример преку заштеда на гориво, време за транспорт, и за сметка на тоа тие ќе работат со поголеми добивки, ќе отвораат нови работни места па дури и ќе го шират бизнисот“. Вкупните капитални инвестиции, пак, во кои што освен градежните објекти што опфаќаат 44,6% од оваа ставка, се вкалкулирани и парите потрошени за купување опрема и машини, мебел, возила, капитални дотации до општините, во последните десет години изнесуваат речиси 2,7 милијарди евра. За споредба, во истиот период, за плати на јавната администрација се потрошиле речиси 3,8 милијарди евра, а за пензии, над 5,8 милијарди евра. Интересно е што ниту една година во

последните десет, властите не успеале да ги реализираат планираните инвестиции. Иако биле испланирани 3,4 милијарди евра, сепак, реализацијата не надминува 80%. Освен тоа, анализата покажува дека властите не успеале ниту една година реално да ги проектираат вкупните приходи и расходи, па така секогаш реализираните суми отстапуваат од планираните, а во некои години, потфрлањето во полнењето на државната каса доведе и до неколку ребаланси. Ревидирањето на јавните трошења, пак, се правело според вообичаената формула - одземи од капиталните инвестиции, додади за плати, пензии и набавка на стоки и услуги. Овие податоци што покажуваат како се трошело секое едно евро што власта го собирала од граѓаните од даноци и придонеси, или пак го позајмила со издавање еврообврзници или преку кредити, го карактеризираат државниот буџет како доминантно социјален, бидејќи 90% од сите пари се потрошиле за тековни, односно непродуктивни цели.

Вложувања во инфраструктура

Меѓународните финансиски институции веќе предупредија инвестициите во инфраструктурата да не се кратат оти се клучни за земјите во развој како Македонија да создадат основа за побрз економски раст и сугерираа властите да ги преструктуираат јавните расходи. Светската банка во својот последен Редовен економски извештај за Западен Балкан, оцени дека „пролонгирањето на изведувањето на проектите поради оддолжувањето на изборен циклус, ги намали капиталните трошења до најниско ниво од 2006 година“. Во исто време, Светска банка алармира дека „пензиите се зголемуваат во изминатите пет години, достигнувајќи третина од севкупните трошоци на централната влада во 2016 година“. Шефицата на Мисијата на ММФ за Македонија, Џесмин Рахман, во своето неодамнешно интервју исто така потенцираше дека „властите треба да направат фискален простор преку ефикасност во трошењето за вложувања во инфраструктура со цел спротивставување на економските кризи“. Европската комисија во последниот Извештај за напредокот на земјата исто така во неколку наврати ја истакна потре-

бата властите повеќе пари од буџетот да вложуваат во изградба на транспортната инфраструктура за сметка на тековните трошоци. „Економијата има значителни потреби од инвестиции, меѓу другото и во јавната инфраструктура, што ја прави помалку конкурентна во споредба со другите“, пишува во Извештајот. Комисијата евидентира дека Националниот инвестициски комитет е основан во јуни 2015 година и негова задача е да подготвува и спроведува инфраструктурни инвестиции, но искажа загриженост во поглед на неговата ефикасност. „Управувањето со јавните финансии не се подобри и уште повеќе се зголеми јавниот долг. Потребно е подобрување на насоченоста на јавните финансии кон раст, особено преку целосно спроведување на испланираното приоритетно трошење во јавни инвестиции“, наведува Европската комисија и додава дека „постои мала транспарентност во врска со извршувањето на работи од голем обем во јавна инфраструктура преку државните претпријатија“. Неспорно е дека голем дел од економскиот раст во последните години е резултат токму на експанзијата во градежништвото, односно градежните компании кои што државата преку тендери ги ангажираше да го градат проектот Скопје 2014. На пример, економскиот раст од 2,4% лани би бил преполовен доколку се одземе ефектот на градежништвото како сектор, но растот според економистите би бил и поголем доколку спомениците и фасадите се заменеа со патишта, железница или хидроцентрали. Бизнисмените исто така посочуваат дека парите што ги собираат властите од даноци, придонеси и царини, како и тие што ги позајмуваат, мора да ги трошат попродуктивно. Светска банка сугерира земјите во развој да инвестираат околу една четвртина од БДП (што во нашиот случај би било над 2,5 милијарди евра) во капитални проекти за да се забрза економската активност. Кај нас, ниту една Влада досега, не одвоила повеќе од 4%-5% од БДП за јавни инвестиции. Всушност, најголема сума за капитални инвестиции од 4,8% од БДП е реализирана во 2008 година, додека пак, лани е евидентирана најмал удел од само 2,8% во БДП. nnn

ЕКСПЕРТИ: ЗАДОЛЖУВАЊАТА ДА БИДАТ САМО ЗА КАПИТАЛНИ ИНВЕСТИЦИИ



Капитал број 917 26.05.2017

14

www.kapital.mk

КАПИТАЛ ТЕМА

БИЗНИСОТ БАРА СИЛНА РАЗВОЈНА БАНКА

КАКВА РАЗВОЈ БАНКА И ТРЕБА МАКЕДОНИЈА?


www.kapital.mk

ЈНА А НА ?

Капитал број 917 26.05.2017

15 пишува:

Биљана Здравковска Стојчевска

M

Biljana.zdravkovska@kapital.mk

И Македонија има своја државна развојна банка. Но, Македонската банка за поддршка на развојот (МБПР), барем според искуствата на домашните компании, но и во споредба со работењето на другите такви банки, е развојна само на хартија. Во пракса, таа со својот основачки капитал од околу 38 милиони евра нема речиси никаков капацитет за да ги следи компаниите. Бизнисмените очекуваат реформата и зајакнувањето на државната МБПР да биде една од приоритетните потези на новата власт предводена од СДСМ. Македонија не треба да измислува топла вода, туку само да ги следи примерите на работење на развојните банки од светот и регионот. Капитал анализира како државните развојни банки ги поддржуваат инвестициите и извозот?

Многу развиени економски земји успешно го применуваат концептот на државни развојни банки преку кои државите ги поддржуваат економскиот развој, извозот и инвестициите согласно своите економски стратегии. Германија, која е една од најголемите извозни економии, е само еден од таквите успешни примери. Преку германската развојна банка KfW се пласираат огромни пари преку поволни кредити и разни други финансиски производи и услуги за поддршка на извозот и инвестициите, кои се главните носители на економскиот раст и развој на Германија. И многу земји во регионот, како Хрватска, Бугарија и Словенија со години наназад имаат државни развојни банки, преку кои пласираат стотици милиони евра во своите економии главно за да им овозможат на своите домашни компании поповлни кредити за инвестирање и зголемување на извозот, за да ја зголемат конк урентнос та и технолошката опременост на своите индустрии. И Македонија има своја државна развојна банка. Но, Македонската банка за поддршка на развојот (МБПР), барем според искуствата на домашните компании, е развојна само на хартија. Во пракса, таа со својот основачки капитал од околу 38 милиони евра нема речиси никаков капацитет за да ги следи компаниите. “За жал државната Македонска банка за поддршка на развојот (МБПР) не успеа да се трансформира на начин на кој ќе може да биде сериозна поддршка на домашните компании, преку поевтино кредитирање на компаниите, преку осигурување на извозот и другите инструменти кои се на располагање. Ќе ви кажам само еден пример. Една голема македонска извозна компанија извозот наместо во Македонија го осигурува преку словенечката развојна банка”, вели Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија. Според него, државната развојна банка треба да расчисти каква ќе биде нејзината позиција, дали ќе биде сервис на државата или ќе биде комерцијална банка која што ќе конкурира на другите банки. “Уште во 2008 година банка ние како


www.kapital.mk

Капитал број 917 26.05.2017

16

КАПИТАЛ ТЕМА

Стопанска комора на Македонија баравме бизнисот да се вклучи во управувањето со оваа банка за да може да ги испорачани и застапување интересите на бизнисот и таа да стане еден вид јавно-приватна институција, која државата ќе ја користи за остварување на политиките за економски развој. МБПР никогаш не стана вистинска развојна банка и затоа сите напори во следниот период мора да бидат насочени кон тоа да се изгради една силна развојна банка која ќе биде вистинска поддршка на развојните политики”, вели Азески. Бизнисмените очекуваат реформата и зајакнувањето на државната МБПР да биде една од приоритетните потези на новата власт предводена од СДСМ. Од бизнис секторот оценуваат дека она што е најважно сега е државната развојна банка да се докапитализира со пари од буџетот за да има силно влијание во олеснување на пристапот на фирмите до свеж капитал и со тоа поттикнување на развојот и отворање на нови работни места. Претходната власт на чело со ВМРО ДПМНЕ само декларативно најавуваше дека ќе направи декапитализација на МБПР, но тоа никогаш не се реализира. „Ако секоја година во последните 20 години одвојувавме барем по 10 милиони евра од буџетот за МБПР, сега таа ќе имаше капитал над 2 милијарди евра“, велат домашните бизнисмени жедни за поволни кредити.

Како тоа го прават другите?

Македонија не треба да измислува топла вода кога станува збор за тоа како и што треба да работи една државна банка. Словенија и Хрватска се две земји кои имаат прилично ефикасни државни развојни банки. Новата влада ако сака навистина да ги раздвижи работите, треба да ги следи законските измени и конкретните решенија кои ги спроведуваат овие две земји. Она што е клучно е дека развојната банка мора да обезбедува полесен пристап до финансии, евтини кредити кои ќе бидат со долг рок на отплата, како и да нуди силна поддршка на извозните компании, преку поволни кредити, но и преку осигурување на извозот, поволни кредити за подготовка на извозот и разни други финансиски производ и услуги кои ќе го олеснат тргувањето со странство. Иако веќе неколку години наназад се зборува за реформи во МБПР, тие се оддолжуваат предолго. Со оглед на тоа што МБПР е акционерско друштво во целосна сопственост на државата, таа треба своите средства да ги стави во функција на остварување на стратегијата за развој, а главно како непрофитна банка, што значи да обезбеди поповолни услови на кредитирање во однос на комерцијалните банки и да ги поддржува стопанските активности за кои комерцијалните банки не се заинтересирани, велат бизнисмените. Тоа е главниот акцент и на развојните банки и во Словенија и Хрватска, каде преку нив

БРОЈКИ

1,1

милијарди евра кредити одобрила хрватската ХБОР лани

1,4

милијарди евра кредити одобрила словенечката СИД во 2016

538

милиони евра осигурувања од непзарни ризици понудила словенечката развојна банка

2%-3%

се каматите на кредитите кои ги нуди ХБОР

се покриваат главно оние празнини каде банките немаат интерес да финансираат. Освен тоа, бизнисмените сугерираат дека на МБПР треба со закон да и се дозволи да издава банкарски гаранции, посебно за компании кои учествуваат на странски тендери, што посебно ќе им помогне на домашните градежни фирми, кои поради преголемата изложеност кон “малите” домашни банки понекогаш не можат да обезбедат банкарска гаранција за да конкурираат за некој поголем тендер. Бизнисмените велат дека капитал има и тоа не е проблем, само проблем е перцепцијата на ризикот и трошокот за тој капитал. Освен прашањето на пониски камати, треба да се разработи и прашањето за гаранции за извозни зделки, посебно за фирмите со добар бонитет, за кои трошоците за гаранции би требало да бидат најниски. Во изминативе години имаме ситуација во која МБПР како да се плаши да им биде конкуренција на домашните банки. Тоа не е случај на пример во Словенија, каде државната развојна банка СИД е втора најголема банка во поглед на корпоративно кредитирање, а трета најголема банка во поглед на активата и капиталот. Развојната банка мора да биде корективен фактор за намалување на каматите и за олеснување на условите кои ги нудат банките. Суштината на постоењето на државните развојни банки е да обезбедат полесен пристап до пари и со поповолни услови отколку условите што ги нудат деловните банки. Смислата на развојната банка е да понуди подолгорочно

кредитирање на развојните проекти, за кои деловните банки не се доволно заинтересирани, а имаат поволни ефекти врз економскиот развој. Покрај тоа, развојните банки би требало да поддржуваат и други економски активности, како извозот, изградба на локална инфраструктура, енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија, кои можат да ја зголемат конкурентноста на домашната економија. Ако развојната банка не ги исполнува овие функции, тогаш се доведува во прашање и самото нејзино постоење. Кога станува збор за работењето на МБПР во споредба со ваквите развојни банки во регионот, можеби најсликовито зборува следново. Кога ќе ја отворите интернет страницата на ХБОР ударно на првата страна е повикот до претприемачите да ја финансираат модернизацијата на производството, воведувањето на нови технологии и производи и истражување и развој со камати од 2% до 3% и рок на враќање од 12 до 14 години. Дополнително за фирмите кои вработуваат млади луѓе, каматата се намалува за дополнителни 0,5%, додека за иновативните претприемачи каматата се намалува за 0,572%. Понатаму, сајтот изобилува со живи приказни од хрватски претприемачи кои раскажуваат како поволните кредити или услуги кои ги користеле од ХБОР им помогнале да го унапредат работењето во нивниот бизнис. Ако ја отворите интернет страницата на МБПР, на насловната страна стои фотографија од зграда без никакво лого, а долу под сликата одат вести кои се однесуваат на некои настани кои се случиле од 2015 година. На интернет страницата на ХБОР ги има објавено сите годишни извештаи за работењето на Банката, заклучно со 2016 година, но и кварталните за 2017 година. На веб страницата на МБПР последниот објавен годишен извештај е за 2015 година. Ова е само на прв впечаток, но споредбата на бројките е уште посурова. На пример, ХБОР само минатата 2016 година преку кредитирање, осигурување на извозни побарувања и издавање на гаранции подржала вкупно 2.600 проекти во вкупен износ од 11,4 милијарди куни или околу 1,6 милијарди евра. Тоа е најголем досега број на поддржани проекти во досегашното работење на ХБОР. Што се однесува до кредитирањето, ХБОР лани одобрила 2.328 кредити во вкупен износ од околу 1,1 милијарди евра. Според последните достапни информации, за поддршка на извозните компании, но и малите и средни фирми во земјава од градежништвото, производството, транспортот, МБПР во 2015 година преку неколку кредитни линии финансирани од сопствени извори одобрила вкупно 4,9 милиони евра. Во истата година, МБПР преку деловните банки во земјава продолжи да ја пласира кредитната линија

СЛОВЕНИЈА: СИД РАСПОЛАГА СО ВКУПНИ СРЕДСТВА ОД 2


www.kapital.mk

Капитал број 917 26.05.2017

17

од Европската инвестициска банка (ЕИБ), од која лани се искористени 83,5 милиони евра за финансирање на вкупно 481 проект. Овие кредити од ЕИБ се наменети за финансирање на основни средства, трајни обртни средства, приоритетни проекти и mid cap компании. Најголем дел од парите во 2015 година биле искористени за нови инвестиции, и тоа дури 57,8 милиони евра, додека пак за обртен капитал, МБПР преку деловните банки пласирала околу 20 милиони евра. Работењето на ХБОР главно е насочено кон поттикнување на развојот на малите и средни претпријатија, поддршка на извозот, развој на туризмот, финансирање на иновации и развој на нови технологии, финансирање на развојот на земјоделието, поттикнување на користење на ЕУ фондовите, финансирање на проекти за заштита на животната средина, енергетска ефикасност и обновливи избори на енергија. За оние области кои се назначени како стратешки важни за развојот на хрватската економија, ХБОР нуди многу поволни услови за инвестирање. На пример, бидејќи туризмот е една од значајните економски гранки, државната развојна банка има програми за поволно кредитирање на вложувања во оваа област. На пример, роковите за отплата на кредитите за инвестиции во туризмот се прилагодени на туристичкиот сектор и се движат до 17 години, а каматните стапки се движат од 2% до 4%. Исто така се овозможува дури 75% од вредноста на инвестицијата да се

кредитира без за тоа да се плаќа ДДВ на државата. Малите хотелиери, кои не им требаат кредити поголеми од 700 илјади куни, често користат кредитите за посебни целни групи, како почетници, млади и жени може да се кредитира и до 100% од вредноста на инвестицијата без ДДВ. ХБОР дури нуди и кредити на туристичкиот сектор за подготовка на туристичка сезона, односно набавка на храна, пијалаци, ситен инвентар, тековни трошоци за одржување, режија и слично , во периодот од декември до јуни, со камата од 3,4%, на две рати, кои доспеваат за отплата во октомври и ноември. Од вкупно одобрените кредити на ХБОР околу 20% или околу 240 милиони евра биле на фирми од туристичкиот сектор. Кредитна поддршка добиле големи проекти, семејни хотелски проекти, како и земјоделски стопанства кои вложуваат во туризмот. Податоците покажуваат дека за периодот од 5 години ХБОР одобрила кредитна поддршка на 1.000 туристички проекти во вкупна вредност од околу една милијарда евра, од кои 96% биле за финансирање на нови инвестиции. Просечната каматна стапка за финансирање на проектите во туризмот во последните две години се движела нешто под 3%. Хрватските хотелиери во последните години се повеќе ги препознаваат предностите од користењето на неповратните средства од ЕУ фондовите за ко-финансирање на проекти, а чија финансиска конструкција исто така можат да ја затворат со поволни

кредитни програми од ХБОР.

Како работи државната развојна банка на Словенија?

Словенечката извозна и развојна банка (СИД), е основана во 1992 година, е извозна кредитна агенција која нуди осигурување, осигурување на извозот, издава гаранции, изработува кредитен и ризичен рејтинг, дава законски и деловни совети, помага при наплата на долгови и факторинг. Словенечката извозна кредитна корпорација функционира како приватна финансиска институција, во која најголем акционер е државата, со околу 90% од капиталот. Освен државата, акционери се повеќе банки, осигурителни компании, Стопанската комора на Словенија и поголем број словенечки компании. Покрај основачкиот капитал, СИД има огромна поддршка од државата преку пари обезбедени директно од буџетот. СИД обезбедува разни пред се долгорочни финансиски производи за зголемување на конкурентноста на компаниите, креирање на нови работни места и поддршка на економскиот развој на Словенија. СИД ги следи компаниите во нивните развојни фази и нуди посебни производи за секоја фирма, обезбедувајќи финансирање на оние области кои не се доволно покриени од деловните комерцијални банки. Таа обезбедува и поволно осигурување и финансирање на извозот на словенечките компании и обезбедува значајна поддршка за развојот на секторите кои

2,6 МИЛИЈАРДИ ЕВРА И КАПИТАЛ ОД 394 МИЛИОНИ ЕВРА


www.kapital.mk

Капитал број 917 26.05.2017

18

КАПИТАЛ ТЕМА

СДСМ ПЛАНИРА ДА ЈА ЗАЖИВЕЕ РАЗВОЈНАТА БАНКА

С

ДСМ во својата предизборна програма предвидува многу мерки за поддршка на домашните компании кои ќе се реализираат преку МБПР На пример, СДСМ да се основа гарантна шема преку МБПР за два поединечни производа, за инвестициски кредит и кредит за обртни средства. За овој тип на кредити би се давала државна гаранција од посебен фонд за таа намена во МБПР, со што каматите на кредитите би биле пониски од постојните кои ги нудат банките. Бидејќи за двете кредитни линии постои државна гаранција (што подразбира првокласен инструмент за деловните банки), каматите, по автоматизам, би биле релативно ниски и нема да има потреба за дополнителни субвенции во делот на каматната стапка.

На пример, кај инвестициските кредити, за секоја мала и средна фирма која може да обезбеди 15% сопствено учество за инвестициски проект, државата преку МБПР ќе обезбеди гаранција во висина од 75% од инвестицијата, а 10% да останат ризик на банката. “Со оваа шема се избегнува „моралниот хазард“, односно сите имаат интерес проектот да успее, и ќе се минимизираат ризиците од загуби за гарантниот фонд. Максимален износ на гаранција за поединечен проект би била до 750.000 евра, што значи дека таквата инвестиција во вкупна вредност би изнесувала 1 милион евра, a рокот на отплата на ваквите кредити би бил до 10 години”, се вели во програмата на СДСМ. Кај кредитите за обртни средства, е предвидена државна гаранција за

секое мали и средно претпријатие кое има потреба од краткорочен кредит за обртни средства до износ од 30.000 евра, со рок на отплата до 1 година. Понатаму, се планира воведување на микро кредитна линија за поддршка на старт-ап и микро компании (до 10 вработени) и кредитна линија „Заем за франшиза и мешовити инвестиции”, кои ќе се реализираат преку МБПР, заради помалиот интерес на деловните банки да кредитираат мали и микро фирми.

се идентификувани како значајни во Стратегијата за развој на Словенија. Единствен сопственик на СИД е државата Словенија, а капиталот изнесува 394 милиони евра. Најзначајни активности на СИД се кредитирање и осигурување на извозот на словенечките компании, но се обезбедуваат и други услуги како гаранции, факторинг, финансиски лизинг и инженеринг, капитални инвестиции и разни други финансиски инструменти.. Парите ги обезбедува главно преку задолжување на меѓународниот пазар во свое име, за што гарантира и државата, заради што може да обезбеди многу поповолни услови. SID обезбедува кредитни линии за фирми и преку други деловни банки, но може и директно да одобрува кредити. Само во текот на 2016 година преку словенечката СИД биле директно или индиректно кредитирани околу 2.000 деловни субјекти, од кои 550 биле нови фирми. Вкупните кредити на СИД во 2016 изнесуваат 1,4 милијарди евра. Според податоците од годишниот извештај на словенечката СИД , придонесот на СИД лани бил 3 милијарди евра кон словенечкиот БДП и 3,5 милијарди кон словенечкиот извоз, а нивните кредити придонеле да се отворат нови 18.000 работни места во словенечката економија. И покрај својата развојна улога, СИД успеала да оствари и нето профит од 21 милион евра. Учеството на ненаплативите кредити во СИД изнесува 11%, што е на ниво на другите банки во Словенија. На крајот на 2016 година СИД располагала со вкупни средства од 2,6 милијарди евра. Кредитите кон банки кои СИД ги одобрила лани изнесуваат 996 милиони евра, а кредитите одобрени кон небанкарски клиенти изнесуваат 610 милиони евра. Најголем дел од кредитите или 36% биле одобрени на компании од преработувачката индустрија, 23,6% на фирми од транспорт и складирање, 13,5% во трговијата и 27% во останатите сектори. Профитната маргина со која работела СИД лани изнесува 0,85% и е помала во споредба со 2014 година кога таа изнесувала 1,17%. Во словенечката СИД најголемиот дел од кредитните линии се долгорочни со долги рокови на отплата над 10 години и со варијабилни каматни стапки. Учеството на краткорочните кредити и кредитите со фиксна камата е речиси незначително. Само осигурувањето од непазарни ризици кое го понудила СИД во 2016 година изнесува 538 милиони евра, а најголем дел од осигурувањата се однесуваат на Русија, Хрватска и Босна и Херцеговина, односно пазарите каде што словенечките компании најмногу извезуваат. Од извозот во Русија најголем дел од осигурувањата се однесуваат на извозот на извозот на фармацевтски производи. nnn





Капитал број 917 26.05.2017

22

www.kapital.mk

EXCLUSIVE

ВЛАДИМИР ПУКЛАВЕЦ ОД ПРОЕКТАНТ НА ГАСНИ ПОСТРОЈКИ ДО ПРОИЗВОДИТЕЛ НА ВРВНИ ВИНА

ЕДЕН ОД НАЈБОГАТИТ ПРАВИ ПРЕМИУМ “КАБ СОВИЊОН“ ВО МАКЕД

ПЛАН: ВО МОМЕНТОВ МАКЕДОНСКИТЕ ЦРВЕНИ ВИНА НА ПУКЛАВЕЦ СЕ ПРОДАВАА


www.kapital.mk

Капитал број 917 26.05.2017

23 Лозја и визба во Неготино се базата од каде што Puklavec Family Wines, словенечка винарска групација ги лансира своите каберне, мерло и вранец во арсеналот на црвени вина со коишто сака да го освои светот. Владимир Пуклавец, деветти на листата најбогати Словенци, во 2009та ја купи визбата во којашто уште пред осум децении неговиот татко беше прв човек, сакајќи малото место Ормож во Штаерска, Словенија, повторно да го врати на светската мапа на производители на врвни вина. Во тоа му помагаат и двајца Македонци – едниот е задолжен токму за креирањето на квалитетни црвени вина, тоа што во Словенија не можат да го постигнат заради неповолните услови, а вториот се грижи вината од групацијата да го најдат патот до крајните потрошувачи.

ТЕ СЛОВЕНЦИ БЕРНЕ ДОНИЈА

пишува:

У

Игор Петровски

igor.petrovski@kapital.mk

Успехот на македонските менаџери во регионални и светски компании секогаш нè радувал нас во Капитал, а верувам и секој Македонец, каде и да се наоѓа. Во оваа приказна не еден, туку двајца наши сонародници се дел од тимот одговорен за пробивот на, во моментов, најамбициозната словенечка винарница, Puklavec Family Wines, во сопственост на Владимир Пуклавец, еден од најбогатите Словенци, којшто својата кариера и пари ги има направено со проектирање на гасни постројки ширум светот. Докторот по енологија Дане Јованов е задолжен за креирањето на врвни црвени вина во визбата што Puklavec Family Wines ја имаат купено во Македонија пред неколку години, a Тихомир Петрески е директор за продажба во холдингот. Двајцата се добро познати ликови на домашната бизнис сцена – Јованов како поранешен директор и енолог на винарницата Стоби, додека Петрески како извршен директор на Пивара Скопје пред десетина години, а потоа на високи менаџерски функции во системот на Кока Кола – Хајнекен во регионов. Денес се ангажирани од г-дин Пуклавец да му помогнат во остварување на неговиот сон – од винарницата во Ормож, мало место на североистокот од Словенија, да направи светски признат производител на врвни вина. Копнежот на Пуклавец и страста за производството на вино не се случајни, има тука емотивна нишка што води повеќе децении назад во минатото, уште во 1934 година кога таткото на Владимир, Мартин Пуклавец станал директор на тогашната кооператива винарница Јерузалем – Ормож, а после Втората светска војна, откако новата комунистичка власт ги национализирала сите приватни компании и имоти, останал како раководител на винарницата. “Татко ми целото свое тело и душа ги внесе во градењето на винарницата, трудејќи се да ја направи една од најдобрите во тогашна Југославија, а јас детството го поминав, што се вели, спиејќи на големите вински буриња во визбата. По неговата смрт во 1969-та, визбата како да ја губи енергијата и страста на менаџментот што тој го практикуваше и пополека го губи сјајот, за во годините на посткомунистичката транзиција да се соочува со проблеми и тешкотии како и многуте други бизниси од поранешниот систем. Јас откако заработив доста во гасната индустрија во светот,

АТ САМО НА ИЗВОЗНИ ПАЗАРИ, А ОД СЛЕДНАТА ГОДИНА ЌЕ ПОЧНАТ И ВО ЗЕМЈАВА.


www.kapital.mk

Капитал број 917 26.05.2017

24

EXCLUSIVE

Владимир Пуклавец, сопственик на Puklavec Family Wines: “До крајот на 2018 на пазарот ќе понудиме македонски црвени вина од супер премиум сегментот, што ќе одат под посебен бренд.“ Владимир Пуклавец со својот топ менаџмент и двете ќерки Татјана и Кристина (втора и четврта од лево) коишто се со него во Puklavec Family Wines

преку проектирање и изведба на системи и инфраструктура за пренос на течен гас со компаниите што ги формирав во Германија, а потоа продадов дел од мојата сопственост во нив, во 2009-та ја купив винарницата во Ормож и оттогаш го градам семејниот бренд Puklavec Family Wines“, ја почна Владимир Пуклавец приказната за својот вински бизнис, додека отпивавме македонско бело вино во еден скопски хотел деновиве. Дојден беше во Македонија на кратко, заедно со својот менаџерски тим, каде што покрај Јованов и Петрески, беа уште и Словенецот Митја Херга, којшто е главен енолог на целата групација, и Данецот Јорн Педерсен, главен извршен директор на Puklavec Family Wines (PFW), ангажиран минатото лето да се грижи за стратешкиот дел на бизнисот. Херга е млад, но доста искусен енолог, кого што Пуклавец го има донесено од винарница во Нов Зеланд, каде што му била последната бизнис дестинација, додека Педерсен

доаѓа од пивската и прехранбената индустрија – порано работел за пивскиот гигант Карлсберг, но и во регионов како член на менаџерскиот борд на хрватска Подравка. На екипата од PFW и украдовме малку од времето за оддишка и ручек, пред да продолжат со договорените состаноци со неколку македонски бизнисмени, како и со посетата на сопствените капацитети во Неготино.

Црвените вина од Македонија ќе одат под посебен бренд на PFW

Зошто решивте токму во Македонија да купите винарска визба, го прашувам г-дин Пуклавец. “Затоа што вие имате црвени вина, а ние во Словенија немаме, а нам како винарска групација ни требаат. Кога кинеските партнери, на пример, ќе нè прашаат ‘каде ви се црвените вина’, што да им одговориме?“, одговара со насмевка овој витален 74 – годишник, инаку машински

инженер по вокација. “Поднебјето во Словенија е погодно главно за бели вина, а во Македонија имате одлична клима и почва за црвените вина. Сакаме тоа да го искористиме и да направиме перфектни црвени вина. Затоа го ангажиравме Дане, и многу сум среќен што е со нас, затоа што е еден од најдобрите млади енолози за црвени вина во регионот“, додава тој. Тука во разговорот се приклучува и главниот енолог на PFW, Митја Херга, којшто вели дека во PFW сакаат да покажат дека Македонија не само што е добра, туку веројатно е најдобра на Балканот во делот на црвените вина. “Во Македонија сме од 2011 година, купивме и визба и лозови насади, почнавме внимателно, треба време да помине додека ги фатиме конците, што се вели, да видиме кој насад каков квалитет дава... Па имавме проблеми со бербите, не беше секоја година добра, еве на пример, 2014 беше катастрофална, временските

ТИМ: ИНТЕРНАЦИОНАЛНА ЕКИПА ВО КОЈА ШТО ИМА ДВАЈЦА МАКЕДОНЦИ, ДАНЕ


www.kapital.mk

Капитал број 917 26.05.2017

25

Митја Херга, главен енолог на Puklavec Family Wines: “Македонија има најдобри црвени вина во регионот“ Тихомир Петрески(лево), менаџер за продажба на групацијата Puklavec Family Wines, Д-р. Дане Јованов, главен енолог за црвени вина на групацијата и Јорн Педерсен, извршен директор на PFW Неодамна во Љубљана се случи промоција на ребрендирањето на винарската групација Puklavec Family Wines

услови не беа добри. Ова е чувствителен бизнис, една суша или обилни врнежи и вие немате вино. Почнавме со вина од т.н. popular premium категорија, значи со некои блендови на каберне и мерло. Оваа година првпат ќе претставиме на пазарот каберне совињон од повисока класа, а целта ни е, до есента 2018, да излеземе со најдоброто од нашата македонска винарија, а тоа е super premium сегментот, во нашата групација познат како Seven numbers, ограничени серии на шишиња, од 5 од најмногу 20.000 годишно.“, објаснува Херга, којшто пак, со Дане Јованов се познаваат уште од 2008 година, кога заедно работеле во Вина Копер и оттогаш се добри пријатели. Инаку, од нашите соговорници разбравме дека изминативе години вината во нивната групација што доаѓаат од Македонија досега не се продавале во земјава, туку исклучиво во Словенија и други пазари, под брендовите на групацијата: мејнстрим вината Puklavec and friends, коишто може

да се најдат во Германија, Холандија, Британија, итн, како и Jeruzalem Ormozm, што се продаваат во Словенија и Хрватска, додека Estate Selection и Seven Numbers се премиум брендовите, кон коишто, како што истакна главниот енолог Митја Херга, се стремат да ги внесат и црвените вина произведени во Македонија. “Митја е просто фасциниран од нашите црвени вина и неискористениот, за жал, потенцијал, што го имаме во нив“, се надоврзува и Дане Јованов. “Голем борј сончеви денови, погодна почва, создаваат можност за кусо време црвените вина да станат меки и овошни, нешто што ретко каде е можно во светот. Иако, мора да признаеме дека земјава многу напредна за 15-20 години откако сериозен приватен капитал влезе во винскиот бизнис, преку подигање на сосема нови винарници, или пак купување и модернизација на веќе постоечки. Она што остана како слаба точка е запоставената работа на лозовите

насади, каде што воопшто не се обрнува внимание на добрите земјоделски практики и приносите по единица површина. Како што велат искусните енолози, виното не се раѓа во подрумот, туку на лозјето и лично сметам дека долколку работиме паметно и го искористиме тоа што природата ни го дала, од Вранецот може да направиме да биде наредниот Малбек. Добро е што се менува перцепцијата за македонските вина како исклучиво наливни и евтини бидејќи неколку винарии - во прв ред Камник, Тиквеш и Стоби - направија навистина извонредни вина изминативе години, но има уште доста работа во натамошна промоција и креирањето на т.н.”brand awareness” за македонските квалитетни вина“, вели Јованов. Инаку, како куриозитет во контекст на неговата “словенечка врска“ Јованов ни кажа дека дел од неговата докторска дисертација е работена на Кметијски Институт во Љубљана, а тој како енолог два пати бил шампион на бели вина

ЈОВАНОВ И ТИХОМИР ПЕТРЕСКИ ГИ ПРОБИВА ВИНАТА НА PUKLAVEC FAMILY WINES


www.kapital.mk

Капитал број 917 26.05.2017

26

EXCLUSIVE

КОЈ Е ВЛАДИМИР ПУКЛАВЕЦ

ВЉУБЕНИКОТ ВО МАШИНСТВО И ТЕРМОДИНАМИКА СЕ ВРАТИ ДА ЈА ОСТВАРИ ТАТКОВАТА ВИЗИЈА Decanter Platinum наградата за најдобро словенечко бело вино во 2017 година на најпрестижниот светски натпревар за вина Decanter’s World, е потврда дека Владимир Пуклавец е на добар пат да ја постави Puklavec Family Wines на светската мапа на врвни производители на вино.

В

ладимир Пуклавец по завршувањето на студиите, во 1968 – та на 25 годишна возраст заминува во Германија на тамошен универзитет да се усовршува во областа на машинското инженерство, поточно, термодинамиката. “Ме привлекуваше таа област, термодинамиката, однесувањето и третманот на гасовите и другите флуиди и сл., бев одличен студент, ми понудија и асистентско место на факултетот во Словенија, потоа и во Германија, но јас влегов во индустријата, затоа што сакав да работам на проекти, да креирам нешто ново. По неколку компаниски искуства, во 1980 година со еден на најстарото натпреварување во светот, Вино Љубљана и на натпреварот во Горна Радгона, исто така во Словенија. Неговиот патрон г-н Владимир Пуклавец додава дека токму преку вклучувањето на македонски црвени вина во понудата на PFW, особено во нивниот супер премиум сегменти, Македонија може само да добие на значење во винскиот свет и креирањето на додадена вредност за македонските вина. “Сигурно е дека нашите вина од рангот на супер премиум од Македонија ќе одат и под посебен бренд“, вели Пуклавец.

Не обичен пијалак, туку приказна со емоција

Пуклавец ја има купено визбата во Ормож за околу 17 милиони евра и оттогаш инвестирал вкупно 40-тина милиони евра во изградба на ултра – модерен капацитет за производство на квалитетни вина, од каде што денес излегуваат неколкуте брендови на PWF. Финансиите се тука, страст и желба не недостасуваат, вистинските енолози се пронајдени, - потребен беше добар менаџмент за винската приказна да се развива како што посакува инвеститорот. Неговите ќерки Татјана и Кристина ги покриваат пазарите на Германија и Холандија, и се грижат за маркетингот на

партнер ја основавме Liquid Gas International – LGI, подоцна позната како TGE Marine, како компанија за дизајн и испорака на системи за пренос и складирање на природен гас. Подоцна се проширивме и во областа на складирање и пренос на течен гас.“, вели Пуклавец за своите почетоци како претприемач. Откако во 1989 компанијата го добила својот прв договор за кинеска клиент, станала пополека водечки инженерски контрактор за гасни системи и карго резервоари во Кина, со преку 50 проекти на гасни постројки до денес. Следи период на аквизиции, па повторно откупување на компанијата од страна на Пуклавец и партнерите, за во септември 2015, јапонската Mitsui Engineering & Shipbuilding купи 99,4% од акциите на TGE Marine за 175 милиони евра. Во меѓувреме Пуклавец, кој што беше на чело на TGE речиси 30 години формираше друга компанија, специјализирана за индустријата на течен гас, Gasfin, која што е со седиште во Луксембург, и каде што член на топ менаџментот е и синот на Владимир, Тобиас Пуклавец. групацијата, додека за главен извршен директор што ќе се грижи компанијата да се стреми кон својата стратешка цел е ангажиран Данецот Јорн Педерсен. Ветеран во пивската и прехранбената индустрија, ова му е прва средба со винарството, но резултатите во гиганти од типот на Карлсберг, како и искуството со регионални брендови – бил член на Управниот одбор на Подравка – ветуваат дека Puklavec Family Wines ќе ја осветлат повторно ѕвездата на Мартин Пуклавец, таткото на Владимир. “Ние сме присутни во неколку квалитативни и ценовни сегменти на вино, но во секој се стремиме да бидеме најдобри на пазарот. Моето хрватско искуство ме запозна со фактот колку им е тешко на регионалните брендови да добијат поголема светска препознатливост, и токму во правецот на градење на брендот PFW, ќе ги насочам моите напори во периодот што следи. Виното не е обичен пијалак, виното е хедонистичко доживување, приказна која мора да му ја раскажеме на секој наш консумент, без оглед дали ужива во него на некој деловен ручек, со пријатели на вечера или дома, покрај каминот и добра книга. Токму тоа е нашата задача, да креираме уникатно искуство за секој наш потрошувач.“, објаснува Педерсен.

Пред осум години, Владимир Пуклавец дојде во родната Словенија и дел од капиталот стекнат преку продажбата на своите удели во TGE го искористи да ја купи винарницата во Ормож, со која што сакаше да продолжи онаму каде што застана неговиот татко со својата визија: да прави вина со светски квалитет. Decanter Platinum наградата за најдобро словенечко бело вино во 2017 година на најпрестижниот светски натпревар за вина Decanter’s World, е потврда дека Владимир Пуклавец е на добар пат. Винаријата на Пуклавец ги произведува своите вина од сопствени лозја, 650 хектари, и 450 хектари лозја на кооперантски фармери. Владимир Пуклавец всушност купи две визби во 2009 година, една во Ормож, каде што денес се прават премиум вината, и втората во блиското место Љутомер, наменета за поедноставните, основни вина. Вкупниот капацитет на двете визби е 11 милиони литри годишно, а групацијата се стреми кон производство од пет милиони, со што би се задоволила амбицијата на г-дин Пуклавец. “Нам не ни е целта да бидеме најголема винарница во Словенија или меѓу најголемите во регионот. Ние имаме капацитет да бидеме тоа, имаме лозја, подруми, сè... но, јас не го сфаќам овој бизнис на тој начин. Јас сакам да им понудам на љубителите она што јас го нарекувам “чесно вино“, производ беспрекорно контролиран од почеток до крај, производ зад којшто 100% стоиме како бренд, за кого што гарантираме дека е користена најсовремена технологија, но од друга страна, максимално оставен да се развива, и како грозје и како вино, во најприродни услови за него. Затоа што како што велеше мојот татко, ‘виното треба да го оставиме на мир’”, вели Владимир Пуклавец. nnn

АМБИЦИЈА: МАКЕДОНСКИОТ “ВРАНЕЦ“ ДА БИДЕ СЛЕДНИОТ “МАЛБЕК“



www.kapital.mk

Капитал број 917 26.05.2017

28

ИНТЕРВЈУ

БОРИС ВУКИЌ

партнер на Adizes South East Europe и експерт за семејни бизниси

СЕМЕЈНИТЕ БИЗНИСИ МОРА ДА ПРЕМИНАТ ОД ПРЕТПРИЕМАЧКИ КОН МЕНАЏЕРСКИ НАЧИН НА ВОДЕЊЕ разговара:

A Игор Петровски

igor.petrovski@kapital.mk

XАко X направите еден пресек на вашите искуства во регионот, кои се заедничките болки на семејните бизниси во сите држави кај што сте работеле како консултант? Многу заеднички болки и проблеми има – не се разликуваат поимите управување со сопственоста и оперативно раководење; наследниците не знаат што основачите очекуваат од нив, што треба да научат или направат за да ги пуштат (ако некогаш ги пуштат) да раководат со компаниите;

основачите немаат јасна идеја што со себе кога ќе одат “во пензија“; компаниите во голема мера се водат како занаетчиски работилници иако бројат неколку десетици, стотици, па и илјади вработени...И сите овие болки имаат една иста последица: во само неколку десетици компании од неколку десетици илјади на просторот што некогаш се викаше Југославија транзицијата од првата на втората генерација или подготовката за транзиција е завршена. Оваа подготовка е сериозна работа и подразбира подготовка и на компанијата и на основачите и наследниците и семејствата. Секогаш краткорочните оперативни проблеми или предизвици се со повисок приоритет од долгорочните, а сето ова што го зборуваме спаѓа во втората група. “Нема денес да пропаднеме ако не се организираме или не ги дефинираме семејните политики“ е изговорот, па така систематичната работа на овие подготовки се одложува. XЗа X секоја од тие болки што вие би ги истакнале, накратко кои се

алатките за нивно надминување? Првиот и најтежок чекор е освестувањето на основачите, сопствениците, да пристапи кон процесот на подготовка. Повеќето од нив не знаат што сè треба да се работи, а овој процес, иако долготраен, не е мистериозен и постојат многу јасни препораки и чекори. На конференциите што се бават со овие прашања ги праќаат наследниците, а потоа не ги ни прашуваат што слушнале таму. Не можам трезен да ги замислам како на Google сурфаат барајќи одговор на “како да ме наследи моето дете во семејната компанија“, а ниту пијан како куцкаат “како моето дете подобро да управува и раководи со фирмата што јас ја направив“. Не може втората генерација да го покренува процесот на подготовка, ниту да го прави. Големите создатели на компаниите и на децата се “причини за проблемот“ и кај нив се решенијата. Кога тие ќе одлучат сериозно да му пристапат на проблемот сè е полесно. Не реков дека е лесно, но праксата покажа дека кога ќе почне да се разговара, договара

НАСЛЕДНИК: АКО НЕ САКА ДА РАБОТИ ВО СЕМЕЈНАТА КОМПАНИЈА


www.kapital.mk

Капитал број 917 26.05.2017

29 Борис Вукиќ е тренер и консултант со повеќе од 20 години искуство во организациски развој и трансформација на компании, особено во делот на семејните бизниси. Партнер е на Adizes South East Europe и сертифициран сениор Adizes консултант кој што повторно доаѓа во Скопје и ќе биде говорник на 3-та Конференција за семејни бизниси во организација на Clear View BTC, што ќе се одржи на 31 мај, насловена “Предизвици на транзицијата на семејните бизниси“. Вукиќ и останатите говорници на конференцијата ќе зборуваат за следниве неколку клучни прашања за семејните компании: како вработените да ве прифатат како новиот лидер на компанијата; како да ја уверите претходната генерација дека вашиот лидерски стил кој е различен од нивниот ќе ја води компанијата во успешна насока; како да го добиете признанието од претходната генерација дека сте способни да го водите бизнисот... и запишува тоа што е договорено, тогаш и ќе се најде решение. Постои рецепт што е прилагоден и на нашево поднебје и на степенот на развој на семејните компании кај нас. По десет години искуство со ваков тип компании мислам дека треба да се оди во два правци: првиот е професионализација на компаниите и нивно преоѓање од претприемачки кон менаџерски начин на водење. Вториот правец го нарекувам “Еден лист хартија“. Тоа претставува ембрион на нешто што еден ден ќе се вика “Семејни политики“, а потоа и “Семеен устав“. “Еден лист хартија“ е првиот лист на патот кон следните во коишто ќе се наоѓаат деталниот план на наследување, вработување, наградување и директни наследници и нивни сопружници, распределба на дивиденда, продавање на удели... Сето ова е природен начин на настанување на овие документи и овие тела во земјите во коишто дури сега настануваа семејни компании. XПостои X ли уште некоја специфика, во како што рековте, земјите од регионов, во коишто дури сега, настануваат семејни компании? Постои и врзана е за оние што ги водат тие држави и живеат во нив, т.е. за владите, политичарите, јавното мислење...Тие не разбираат и не се свесни дека семејните компании колку што се поголеми толку помалку егзистенцијално им требаат на основачите и семејството, а сè повеќе на оние што во тие компании работат, како и на државата и општеството. Чија грижа е ова што сега се случува во Агрокор? На семејството Тодориќ најмалку, никој од нив не е ниту гладен, ниту бос до крајот на светот. Агрокор дури не е грижа ниту на една држава, туку три, четири... Во многу места од ова што го нарекуваме регион, постои некој мал Агрокор и некои помали Тодориќи. На почетокот од март бев на конференција на Малта на ниво на ЕУ,

каде што се зборуваше за искуствата во областа на бизнис трансферите. Во оваа транзиција на управувањето многу здрави и успешни европски компании можат силно да ја разнишаат својата пазарна позиција и опстанок, а тоа значи губење на работни места. Свесен за сето ова, министерот за економија на Малта не само што го отвори собирот, туку и цело време учествуваше во работата за да ги слушне искуствата и види како државата може од правна, финансиска и даночна страна да го поддржи целиот процес. Кај нас ниту политичарите, ниту јавноста не ја разбираат важноста на оваа тема. За нив сите основачи се тајкуни, сите наследници се разгалени дечишта што јаде со златни лажици. XВо X Македонија има една ситуација: акционерски друштва настанати во транзицијата со приватизација, прават смена на генерациите, и кај добар дел од нив се забележува дека наследниците во менаџментот – многу често децата на старите директори/сопственици - не продолжува успешно по стапките на родителите. Што мислите, каде има шанси за поголем успех: во овие компании или во семејните бизниси настанати на класичен претприемачки начин во почетокот на 90-те и развивани со поинаква корпоративна култура? Хммм... интересна забелешка. Сепак, ниту вие ниту јас немаме сè уште доволно случаи на транзиција од првата на втора генерација ниту во таквите акционерски друштва, нит у пак во “природно“ настанатите семејни компании за да донесеме заклучок и правиме споредби. Во едно се согласувам со вас, а тоа е дека и акционерските друштва што настанаа со приватизацијата денес се практично семејни компании. Нивните сопственици

XКои X се најбитните работи при изборот на професионален менаџер? Три работи се клучни: неговите знаења и стил да се комплементарни со оние на основачот, т.е. да се надополнуваат. Потоа, да имаат ист систем на вредности, што би рекол еден мој пријател, ако е основачот “експлоататор“ таков треба да е и професионалниот менаџер, ако е пак “коректен работодавец“, мора и новиот близок соработник да биде таков. Трета битна работа е професионалниот менаџер да доаѓа од компанија што е на повисок степен на организациски развој одошто е семејната, но не на многу повисок, затоа што може да доживее културолошки шок и или да побегне самиот набрзо, или пак да му “помогнат“ да побегне. или ко - сопственици во голема мера се најчесто поранешни директори што имале инсајдерски информации, го познаваа пазарот и бизнисот и не мислат дека тука има нешто лошо што станале “газди“. Сметам дека предуслов за некого да нарекуваме основач не е дека вложил само пари, туку се вложил и себеси во таа компанија. И тие луѓе што со години се однесуваа кон компаниите како да се нивни, во најпозитивна смисла, со купувањето акции станаа нивни сопственици. Од една страна мислам дека поголема е шансата овие, акционерските, компании да го

А, ТОА НЕ ЗНАЧИ ДЕКА НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ СОПСТВЕНИК НА ИСТАТА


www.kapital.mk

Капитал број 917 26.05.2017

30

ИНТЕРВЈУ

продолжат својот живот одошто другиве што настанале на класичен претприемачки начин. Ова очекување го базирам на претпоставката дека тие се наоѓаат на повисоко ниво на организираност, уреденост на системите, дека се менаџерски пописмени. А, подготвен, менаџерски едуциран “наследник“ би требало да има помалку проблеми во преземањето на лидерството во тие компании. Од друга страна, прашање е на корпоративната култура. Во приватизираните акционерски друштва неретко поранешните директори, а потоа и директори и сопственици се однесуваа како апсолутистички владетели. Диктаторски раководеа на сопствено задоволство, а иако “мазохистички“ ќе звучи, и на задоволство на своите соработници. И сега, ако се појави некој со поинаков, “помек“ стил, може да имаат проблеми. Не можете во 21 век долгорочно успешно на диктаторски начин да водите ниту држави, ниту компании. XВие X всушност зборувате за поинаков начин на водење на компаниите од страна на втората генерација. Го сфаќаат ли тоа наследниците? Некои да, а некои богами не. За некои млади луѓе, инаку многу отворени за учење, за совет, прилично се изненадив кога видов како се однесуваат кон соработниците. Малку имитирајќи ги своите родители, а малку и од страв случајно некој соработник да не види оти тие нешто не знаат, ја подигаат бариерата кон својот тим. Но

добро, тоа е данок на неискуството и младоста, ќе научат. XКога X е вистинското време основачот/менаџер на семејната компанија да ангажира професионални менаџери? На два проблеми околу професионалните менаџери обрнувам внимание. Првиот е врзан за тоа како основачите го замислуваат професионалниот менаџер. Обично основачите бараат такви што знаат сè што знае и основачот, а истовремено она што основачот не го знае. Таков не постои, или ако постои, има веќе своја фирма. Друг проблем со професионалниот менаџер е заблудата околу очекувањата од истиот. Заблуда е дека тој може да го води процесот на професионализација на компанијата (тој процес некои го нарекуваат и корпоратизација). А, што за тоа време работи основачот? Па, како голем претприемач, а менаџерски неук, го руши истиот тој процес. За време на професионализацијата потребно е менаџерско описменување и на компаниите и на менаџерите. Професионалните менаџери можат и треба да го поддржат процесот на професионализација, но не можат да го водат. XШто X ако наследниците во семејството имаат сосема поинакви афинитети во животот наместо бизнис. Што во тој случај е најдобро за основачот за да не згасне компанијата по неговото заминување?

Кога реков дека од основачите зависат сите четири подготовки (на компанијата, на наследниците, на самите основачи и на семејството) не појаснив до крај дека еден од овие процеси не зависи во целост од основачите, а тоа е подготовката на наследниците. Ова е многу важно. Тие млади луѓе имаат право на свој живот и избор што ќе прават во него. Без оглед што ова што го зборувам звучи многу логично, па така и изјавата “Секако дека ги пуштив самите да изберат што ќе прават“ е општествено прифатлива, вистината во голем број случаи е поинаква. Ако наследниците имаат други интереси мора да се раздвои сопственоста над компанијата и раководењето во истата. Ако не сака или не знае да работи во семејната компанија, тоа не значи дека не може да биде сопственик на истата. Некои луѓе имаат неколку куќи, но не можат во сите да живеат. Тие се сопственици, се грижат за тоа куќата да е убава, на цврсти темели, и да земаат рента од неа. Така е и со семејните компании и тука на значење добива нивната професионализација што ја нареков подготовка на компанијата. Со такви фирми може да раководат професионални менаџери, а наследниците да бидат сопственици. Е сега ве молам да не ме прашувате дали е мудро на тие менаџери да им се даде некој процент во сопственоста или што ако основачот има повеќе деца па некој сака да работи, некој не... инаку ова интервју ќе прерасне во специјален троброј, хаха... nnn

Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

www.kapital.mk

ИЗВЕСТУВАЊЕ Ве известуваме дека на 25. сесија на Клубот на истражувачите што ќе се одржи на 1 јуни 2017 година (четврток) во просториите на НБРМ, на 8 кат, со почеток во 14:00 часот, ќе бидат презентирани следниве трудови: l „Емпириско истражување за проценување потенцијална валутна криза: Македонија и Србија“,

автори: Татјана Бошков и Жарко Раѓеновиќ; и

l „Мерење на ефикасност на банкарски филијали и рангирање на експозитури: повеќе-

критериумски пристап“, автор: Виолета Цветкоска.

Ве молиме да го потврдите Вашето присуство на 25. сесија на Клубот на истражувачите најдоцна до 31 мај 2017 година на тел. +389 2 3298 505 или на е-пошта: marketing@kapital.com.mk. Напоменуваме дека зачленувањето во Клубот на истражувачите е од отворен карактер и подетални информации можете да видите на следнава врска: www.nbrm.mk/Клуб на истражувачи.



www.kapital.mk

Капитал број 917 26.05.2017

32

БАЛКАН БИЗНИС И ПОЛИТИКА

ХРВАТСКА ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА

НАДЗОР НА СМЕТКИТЕ НА ПРЕМИЕРОТ, ПРЕТСЕДАТЕЛОТ, МИНИСТРИ И СУДИИ...

Согласно новите измени на Законот, банките би имале обврска да ги следат финансиските трансакции на сите кои влегуваат во категоријата “политички изложени лица”, но и членовите на нивните семејства. Ако забележат нешто сомнителни, за тоа би требало итно да го известат Уредот за спречување на перење пари. Хрватска очигледно е решена сериозно да се справи со перењето пари и во високата политичка и бизнис елита.

П

ратениците во хрватскиот Парламент наскоро треба да го изгласаат новиот Закон за спречување на пари и финансирање на тероризмот, со кој се воведува задолжителен надзор над

сметките и трансакциите на сите политички изложени лица. Во категоријата политички изложени лица влегуваат сите пратеници, премиерот и претседателот на државата, судиите на Врховниот и Уставниот суд, министрите и нивните заменици...

Согласно новите измени на Законот, банките би имале обврска да ги следат финансиските трансакции на сите кои влегуваат во категоријата “политички изложени лица”, но и членовите на нивните семејства. Ако забележат нешто сомнителни, за тоа би

НОВИНА: МОРА ДА СЕ ЗНААТ ВИСТИНСКИТЕ ГАЗДИ НА ФИРМИТЕ


ЛИДЕР ВО ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО НА КВАЛИТЕТНИ ГРАДЕЖНИ МАТЕРИЈАЛИ КВАЛИТЕТ-ПРОМ е препознатливо име во областа на трговија со градежни материјали. Наша основна карактеристика по која се разликуваме од другите е целосната посветеност кон конкретните потреби и желби на нашите клиенти. Квалитетот е потврден со сертификати од самите производители. КВАЛИТЕТ-ПРОМ со своето долгогодишно искуство во продажбата и набавката на градежни материјали е докажан бренд на македонскиот пазар. За нашиот квалитет и посветеност кон работата доволно говори долгата референтна листа на задоволни клиенти и соработници. За сите наши производи вршиме транспорт до вашиот објект или склад. Испораката е навремена и бесплатна. Ваше е само да порачате, а ние ќе го организираме сето останато. КВАЛИТЕТ-ПРОМ располага со армирачки погон, јавен царински склад со отворен и затворен простор со можност за складирање на различни видови стока како и со царински терминал за увоз-извоз со можност за сместување на 100 товарни возила.

kvalitet-prom.com.mk


www.kapital.mk

Капитал број 917 26.05.2017

34

БАЛКАН БИЗНИС И ПОЛИТИКА

требало итно да го известат Уредот за спречување на перење пари. Покрај највисокиот политички врв, под лупа на банките ќе бидат и трансакциите на замениците министри, високите правосудни функционери, но и членовите на управните тела на политичките партии. Членовите на управни и надзорни одбори на компании во државна сопственост, членови на Советот на Хрватската народна банка, и уште некои други политички функционери.

Европска директива

Сите овие измени се врз основа на европските директиви за спречување на перење пари и финансирање на тероризам кои ги усвои Хрватска. Досега оваа обврска важеше само за странските државјани, Покрај задолжителните “политички изложени” личности, чии трансакции ќе бидат под лупа, банките и самите ќе мораат да ги идентификуваат политичките изложени личности, да ги пратат нивните трансакции и да пријавуваат во Уредот за спречување на перење пари, ако забележат нешто сомнително. Такви ќе бидат на пример функционерите од локалната власт. Под лупа на хрватските банки ќе бидат и трансакциите на високите воени функционери, но и на странските амбасадори во Хрватска. Уредот за спречување на перење пари и сега има можност за директно влегување во информатичките системи на Министерството за внатрешни работи и на Даночната управата на Хрватска. Хрватскиот Уред за спречување на перење пари од 2009 до 2016 година има обработено 2.662 предмети, односно трансакции во вредност од над 12 милијарди куни или 1,6 милијарди евра. Од тие, Уредот блокирал трансакции во вредност поголема од 175 милиони куни или 24 милиони евра заради сомневање за перење пари и финансирање на тероризам. Новина во законските измени ќе биде и Регистарот за вистински сопственици, која ќе биде централна електронска база на

податоци која ќе ги содржи податоците за вистинските сопственици на сите правни субјекти основани на подрачјето на Хрватска. Банките и со сегашните закони можат да го утврдат вистинскиот сопственик на некоја компанија, но сега деловните субјекти ќе бидат должни да го достават тој податок во Регистарот на вистински сопственици. Ако некое правно лице влезе во бизнис релација со “перач на пари” или “ финансиер на тероризам”, може да биде казнет со казна до пет милиони евра.

Државата ќе има увид во сите сметки

Политичарите и сите политички изложени лица не се единствени чии сметки ќе бидат на увид на државните институции задолжени за перење пари. Од почетокот на годинава Даночната управа на Хрватска има можност за увид во сите приходи на граѓаните. Банките од почетокот на годинава се должни до Министерството за финансии да доставуваат податоци за прометот на сите кунски и девизни сметки на правни и физички лица кои вршат регистрирана дејност и слободни занимања, како физички лица, вклучувајќи ги и прометот од тековните сметки и штедните влогови. Некои граѓани тешко се помируваат со овие законски измени па бараат начин како да го избегнат тоа. За да не бидат под рефлектори на даночните власти некои размислуваат и за префрлување на некои сметки таму каде што ќе имаат поголема приватност. Судејќи според Директивата на ЕУ 2014/107, во рамки на Европската унија нема да можат да се сокријат. Бидејќи автоматската размена на информации стана важен инструмент во борбата против прекугранично даночно затајување и финансиски проневери, директивата ЕУ 2014/107 пропишува стен на податоци за финансиски сметки кои автоматски се разменуваат помеѓу државите членки. Со оваа директива и измените кои се направија во даночните закони во Хрватска,

СЕ ФОРМИРА РЕГИСТАР НА ВИСТИНСКИ СОПСТВЕНИЦИ НА ФИРМИ

Н

овина во законските измени ќе биде и Регистарот за вистински сопственици, која ќе биде централна електронска база на податоци која ќе ги содржи податоците за вистинските сопственици на сите правни субјекти основани на подрачјето на Хрватска. Банките и со сегашните закони можат да го утврдат вистинскиот сопственик на некоја компанија, но сега деловните субјекти ќе бидат должни да го достават тој податок во Регистарот на вистински сопственици. Ако некое правно лице влезе во бизнис релација со “перач на пари” или “ финансиер на тероризам”, може да биде казнет со казна до пет милиони евра. даночните служби добија и увид во сите трансакции на сите сметки во домашните банки. Некои стравуваат дека овој неограничен увид на банките во нивните сметки би можело да им ги зголеми даночните обврски, бидејќи даночните служби ќе можат да имаат увид во сите приходи, како уплатено станбено штедење, дознаки од роднини во земјата и странство или ситни уплати и позајмици помеѓу пријатели. Ако на даночните служби ништо не им е јасно и се посомневаат дека станува збор за пари заработени на црно, можат од даночниот обврзник да побараат да го објасни потеклото на парите. nnn

ЗА БИЗНИС СО “ПЕРАЧ НА ПАРИ”: KАЗНА ДО 5 МИЛИОНИ ЕВРА


9

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

БРЕНДОВИ

ЈУНИ

2017

КАКО ДА ГИ ОСВОИТЕ МИЛЕНИАЛЦИТЕ И ГЕНЕРАЦИЈАТА Z? Деновиве голема прашина во светските маркетинг кругови и воопшто во јавноста, крена новата кампања на Heineken, “Open your world“ – каде што брендот политички се ангажира во обидот да се надминат предрасудите и различните погледи на луѓето за одредени општествени прашања. Кампањата на пивскиот бренд од критичарите е оцената како извонреден пример на адвертајзинг што нуди подлабоко значење за потрошувачите, одошто просто истакнување на атрибутите на производот. Ова особено важи за т.н. Generation Z, како и генерацијата на “милениалци“, луѓе помеѓу 15 и 30 години, нонстоп закачени на социјалните мрежи, преку кои што всушност вирално се шират овој тип на кампањи. Во специјалниот прилог “Брендови: Како да ги освоите милениалците и генерацијата Z?“ што ќе излезе на 9 јуни , ќе пишуваме повеќе за тоа како да се допре до овие генерации потрошувачи, коишто не можете повеќе да ги фасцинирате со извонредно скапи рекламни кампањи, затоа што тие бараат нешто повеќе: сакаат да видат дека компаниите се грижат за вредности и прават нешта што ним им значат. Меѓу другото, во “Брендови“ ќе може да прочитате:

l СТЕКНЕТЕ РЕСПЕКТ И СТЕКНЕТЕ ВЛИЈАНИЕ КАЈ НОВИТЕ ГЕНЕРАЦИИ ПОТРОШУВАЧИ ШТО “ЖИВЕАТ“ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ l PAID MEDIA НАСПРОТИ EARNED MEDIA: САМО СКАПИ КАМПАЊИ НЕ ВРШАТ РАБОТА l УСПЕШНИ МАКЕДОНСКИ БРЕНД ПРИКАЗНИ: КАКО СО АНГАЖИРАН АДВЕРТАЈЗИНГ СЕ СТЕКНУВА ЛОЈАЛНА ПУБЛИКА l КОИ СЕ БРЕНД СТРАТЕГИИТЕ НА НОВОТО ДИГИТАЛНО ВРЕМЕ: СВЕТСКИ ПРИМЕРИ

Повеќе информации во врска со прилогот и за претставување во истиот можете да добиете на е-мail: marketing@kapital.com.mk l gordana.mihajlovska@kapital.mk или на телефонскиот број ++ 389 2 3298 505

ЛИЦE ЗА КОНТАКТ:

ГОРДАНА МИХАЈЛОВСКА


www.kapital.mk

Капитал број 917 26.05.2017

36

СВЕТ БИЗНИС И ПОЛИТИКА

ИЗВЕШТАЈ НА ЕК ЗА СМИРУВАЊЕ НА ЗАГРИЖЕНОСТА

КАКО ГЛОБАЛИЗАЦИ ДА РАБОТИ ЗА СЕКО

Е

кстремната десничарка Марин Ле Пен не победи на претседателските избори во Франција, но загубата на работни места, затворањето фабрики и нееднаквоста, сè уште се тука и продолжуваат да ја потхрануваат поддршката за европските популисти и протекционистичките

тенденции на светско ниво. И додека придобивките на глобализираните и отворените општества се неоспорни, сè повеќе својот пат си го пробива и идејата дека треба засилено да се работи на надминувањето на недостатоците. Со таа цел Европската комисија претстави извештај чија амбициозна

задача е да даде насоки како глобализацијата да работи за секого. Во извештајот се признава дека глобализацијата создала „исклучително нееднакви последици“ и треба да почне дебатата за нејзино преструктуирање. Брисел настојува да има заеднички правила во однос на економските прашања; да постои флексибилност

ЕК: ЗАУЗДУВАЊЕ НА ГЛОБАЛИЗАЦИЈАТА СО ПОВЕЌ


www.kapital.mk

Капитал број 917 26.05.2017

37 ГЛОБАЛИЗАЦИЈАТА ВО БРОЈКИ

Податоци за 2016 година или последните достапни од 2015

1,2

милијарди патувања во 2016 година

914

милиони корисници на социјалните мрежи кои имаат барем еден пријател од странство

244

милиони луѓе живеат надвор од своите држави

75

милиони онлајн трансгранични купувања во рамките на 27-те членки на ЕУ во 2016 година

2

милиони луѓе патуваат трансгранично до своето работно место во 27-те членки на ЕУ во 2015

3,3

13

милиони прекугранични онлајн студенти имало на светско ниво

милиони луѓе учеле во странство преку програмата Еразмус од 1987 година наваму

Придобивките на глобализираните и отворените општества се неоспорни, но користа од глобализацијата е нерамномерно распределена што предизвикува зголемување на социјалната поделеност. Европската комисија прави напори да воспостави поголема политичка контрола на слободната трговија, за да се спротивстави на лошата реклама за процесот, на која се повикуваат популизмот на Ле Пен и протекционизмот на Трамп

А НА ЕВРОПЕЈЦИТЕ

ЦИЈАТА ОГО?

преку развивање на професионалните способности на граѓаните; и фокус да добие проблемот со населението кое старее, што го прави актуелниот социјален систем неодржлив. Истовремено ЕК го заштитува својот трговски пристап, го отфрла изолационизмот на американскиот претседател Доналд Трамп и ја

посочува врската меѓу отвореноста на трговијата и еднаквоста во општествата. Според Брисел, глобализацијата е позитивна сила што води до економски раст, ја стимулира благосостојбата и помага за зачувување на конкурентноста. Но, користа од неа е нерамномерно распределена и тоа предизвикува социјална поделеност. Глобализацијата ќе доведе до дополнително задлабочување на нееднаквоста ако не се преземат мерки за ограничување на нејзините недостатоци. Но, протекционизмот не може да биде решение, зашто затворањето на Европа за трговија ќе ги натера другите да го сторат истото, што ќе загрози уште повеќе работни места, ќе му наштети на производството и ќе ги зголеми расходите и цените за корисниците.

Позитивните и негативните страни

„Да бидеш Европеец, исто така, значи да бидеш отворен и да тргуваш со нашите соседи, наместо да влегуваш во војна со нив. Тоа значи да бидеш најголемиот трговски блок во светот со договори кои се во сила или се договараат, со над 140 партнери на глобално ниво. А трговијата значи работни места – за секои една милијарда евра што ги добиваме од извоз, се создаваат уште 14.000 работни места низ Европската унија. Во моментов над 30 милиони работни места – едно од седум од сите работни места во ЕУ, зависат од извозот кон останатиот дел од светот“, изјави неодамна претседателот на ЕК, Жан-Клод Јункер. И вистина е, многу Европејци, особено младите, се категорични дека нивната врска со луѓето од другите држави им

ЌЕ ГЛОБАЛНИ ПРАВИЛА И УПРАВУВАЊЕ


www.kapital.mk

Капитал број 917 26.05.2017

СВЕТ БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Реалната помош за ублажување на негативните последици од глобализацијата XЕвропскиот X фонд за приспособување кон глобализацијата е основан во 2007 година XЦелта X е да им помага на работниците отпуштени поради променетата трговска средина, за да можат да добијат обука, да најдат нова работа или да почнат нов бизнис XДосега X од овој фонд се обезбедени 600 милиони евра и помогнати се 139.227 работници и 3069 млади XВодечките X три сектори што користеле средства од фондот се производството на автомобили и други превозни средства, на компјутери и електроника, на машини и опрема носи корист. На светско ниво глобализацијата помогнала за извлекувањето на стотици милиони луѓе од сиромаштија, а дигиталните технологии и електронската трговија ги зголемуваат трансграничните можности дури и за најмалите компании. Но, не се малку ниту Европејците кои се загрижени, признава извештајот на ЕК. За нив глобализацијата е одговорна за загубата на работни места, за социјалната несправедливост, за бришењето на традициите и идентитетот, и за снижените еколошки, здравствени и други стандарди. Користа од глобализацијата е нееднакво распределена меѓу населението и регионите, од кои некои се помалку приспособливи кон промените и конкуренцијата. Компаниите што не се во состојба да се натпреваруваат со попродуктивните или поевтините странски соперници се принудени да банкротираат. Истовремено некои странски фирми и влади користат нефер трговски практики, а големите корпорации можат да се ползуваат од „дупките“ во меѓународните правила и да ги преместуваат добивките на места со пониски даноци, наместо да бидат оданочувани таму каде што произведуваат и продаваат. Комбинацијата од глобализацијата и технолошките промени ја зголемуваат побарувачката на искусни професионалци, но ги намалуваат работните места за оние со ниска квалификација, особено во производството. И додека нееднаквоста во Европа е помалку очигледна отколку на други места, најбогатите 1% од населението сè уште поседуваат 27% од вкупното богатство.

Отворените економии во ЕУ не се понееднакви Грција Франција Португалија Германија Финска

Романија Бугарија Австрија Шведска Литванија

11 Унгарија l 12 Белгија l 13 Чешка l 14 Ирска l 15 Словачка l

Поеднакви u понееднакви

38

Помалку отворени u поотврени Отвореност на трговијата (% од БДП)

Секој ден сè повеќе луѓе се извлекуваат од крајна сиромаштија (во милијарди луѓе) n Број на луѓе кои не живеат во крајна сиромаштија n Број на луѓе кои живеат во крајна сиромаштија

Што треба да се направи?

„За подобро да ја зауздиме глобализацијата, ни требаат повеќе глобални правила и глобално управување. Ова треба да го поддржиме со внатрешни политики што ќе ја поттикнат нашата конкурентност и издржливост“, се вели во извештајот на ЕК. За оваа цел Комисијата предлага основање на Меѓународен инвестициски суд што ќе создаде транспарентен механизам и ќе гарантира дека членките на ЕУ не се ограничувани во однос на својот индустриски и конкурентен потенцијал. Освен ова, Европа ги повика САД и Кина кон воведување на построги глобални правила и институции, што „ќе ја стимулираат правичноста во трговските односи“, вклучително преку цврсти анти-дампинг мерки. Клучна задача за ЕУ ќе бидат иновациите во стратешките технологии и помошта за работниците да ги добијат потребните вештини за да се избегне размерот на пропаѓањето на пазарот на труд поради автоматизацијата.

Адекватните социјални и образовни политики се од животно значење за гарантирањето на флексибилноста и правичната распределба. Ова се предизвиците што Брисел не може да си дозволи да ги занемари. И покрај поразот на популистите во Австрија, во Холандија и во Франција, ЕУ продолжува да биде ранлива од расположението против статусквото, во ситуација кога популистите добиваат поддршка поради гневни напади врз слободната трговија и слободните пазари. И како што вели високиот претставник на ЕУ, цитиран во Фајнешл Тајмс: „Ова движење сè уште е тука. Ако не успееме да ги исполниме очекувањата, тоа ќе се врати“. nnn

ЈУНКЕР: ДА БИДЕШ ЕВРОПЕЕЦ ЗНАЧИ ДА БИДЕШ ОТВОРЕН


РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ: 26 МАЈ 2017

СПОДЕЛУВАЊЕ НА ХРВАТСКИТЕ ИСКУСТВА ОД ПРОЦЕСОТ НА ПРИЛАГОДУВАЊЕ НА РАБОТЕЊЕТО СО АКЦИЗИТЕ И ОДАНОЧУВАЊЕ НА МОТОРНИТЕ ВОЗИЛА ПРОИЗЛЕЗЕНО ОД ЧЛЕНСТВОТО ВО ЕВРОПСКА УНИЈА l 29 мај 2017 година l 10.00-16.00 часот Институт КОНЦЕПТ, Скопје

Обуката ќе даде еден основен преглед на практични искуства врзани со промените кои настануваат со членството во Европска унија, гледано од аспект на економските оператори по пример на Република Хрватска којаштостана член на Европска Унија на 01.07.2013 година. Иако движењето на стоката, вклучувајќи ги и акцизните производи, на подрачјето на ЕУ е слободно, сепак подлежи на одредени специфични правила коишто мора да се почитуваат токму поради единствените европски акцизни прописи. Овие правила имаат директно влијание врз обврските на правните лица коишто се вклучени во движењето, дистрибуцијата и прометот со акцизната стока.

Исто така, членството во Европската унија вклучува примена на одредени задолжителни и факултативни ослободувања од плаќање на акциза, што има значително влијание врз некои важни индустрии (хемиска индустрија, индустрија на бои и лакови, обработка на метали, производство на стакло, цемент, плочка, бетон, градежни материјали и др.). Дополнително, членството во ЕУ налага потполно ново уредување на системот на царинење на моторните возила.

ПРЕДАВАЧ:

МАРИО ДЕМИРОВИЌ Помошник директор на сектор акцизи во Царинската управа на Хрватска.

За повеќе информации посетете ја нашата веб страна: www.koncept.com.mk

01 7

Под пазуви- 400 eur 330 eur

ПР МАЈ по ОМ СК до нуда ОЦ А 31 та И .05 ва ЈА .2 жи

КОНТАКТ: м-р Ленче Зикова и м-р Бојана Делидинкова le-mail: institut@koncept.com.mk l02 3128 526 l070 272 207

Чело - 80 eur 66 eur ТРЕТМАН СО БОТОКС СИГУРНО РЕШЕНИЕ ЗА ПРЕКУМЕРНОТО ПОТЕЊЕ НЕ ДОЗВОЛУВАЈТЕ ПОТТА ДА ГО НАРУШУВА ВАШИОТ КОМОДИТЕТ

Скопје +389 2 / 321 66 08 www.ancevski.com.mk ancevski@laserlab.com.mk facebook.com / Ординација Д-р Анчевски Instagram / dr.ancevski


www.kapital.mk

Капитал број 917 26.05.2017

40

СВЕТ БИЗНИС И ПОЛИТИКА

СКАНДАЛИТЕ ПОВРЗАНИ СО ПРВИОТ СТАНАР НА БЕЛАТА КУЌА НЕ ПРЕТСТАНУВААТ

ДАЛИ Е МОЖНО ТРАМП ДА БИДЕ СИМНАТ ОД ВЛАСТ СО ИМПИЧМЕНТ? Само за двајца американски претседатели имало импичмент – за Бил Клинтон и Ендрју Џонсон – и во двата случаи неуспешен. Ричард Никсон избегна импичмент разумно поднесувајќи си оставка

А

Американскиот претседател Доналд Трамп станува цел на сè повеќе обвинувања за време на својот мандат и веќе неминовно

се наметнува една ситуација што почнува со зборот импичмент. Ова беше разгледувано како можност од неговите опоненти уште пред Трамп да стапи на должноста, но сè уште никој не ја споменал отворено и покрај серијата скандали. Минатата недела американските медиуми излегоа со обвинување дека претседателот побарал од шефот на Федералното истражно биро (ФБИ), Џејмс Коми, да запре истрагата

за врските меѓу поранешниот советник за национална безбедност, Мајкл Флин, и Русија, а 24 часа пред тоа излегоа тврдењата оти тој дозволил протекување на тајни разузнавачки податоци кој рускиот амбасадор, напиша БиБиСи во своја анализа. Но, лесно ли е да се изведе импичмент на еден претседател? И кој конкретно паднал од власт на ваков начин во минатото? Одговорот може да изненади.

БиБиСи: АКО ВО КОНГРЕСОТ ДОМИНИРАА ДЕМОКРАТИ, ОБВИНЕНИЕ ВЕЌЕ ЌЕ ИМАШЕ



www.kapital.mk

Капитал број 917 26.05.2017

42

СВЕТ БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Што е всушност импичментот?

Целта на оние кои некого обвинуваат во случај на импичмент, во крајна линија е обвинетиот да биде тргнат од функцијата – независно дали е претседател на САД или друг функционер. Уставот на САД предвидува дека претседателот може да биде отстранет од функцијата со процедура за импичмент поради предавство, поткуп или други тешки престапи. Процесот на импичмент треба да биде почнат од Претставничкиот дом на САД што е еден од двата дома на Конгресот, и таму се бара само просто мнозинство за потврда (на обвиненијата против претседателот). После тоа доаѓа судски процес во Сенатот. Таму е неопходно мнозинство од две третини за претседателот да биде отстранет од функцијата, и оваа бариера никогаш во американската историја не била надмината.

Во кои случаи фактички се стигнало до импичмент?

Закани од импичмент имало во многу случаи, но само двајца претседатели практично стигнале дотаму. Најсвежиот случај е Бил Клинтон. Кај него се стигна до импичмент за лажно сведоштво и попречување на правдата, откако излага за карактерот на неговата врска со Моника Левински, а потоа, според обвинението, ја беше натерал и неа да излаже за истото. Претставничкиот дом гласаше за импичмент на претседателот Клинтон со 228 против 206 гласа за првото обвинение, и со 221 против 212 за второто. Треба да се забележи дека во тоа време – декември 1998 година, рејтингот на Клинтон беше 72%. Но, кога случајот стигна во Сенатот во 1999 година, тој дури не успеа да се приближи до поддршката од две третини за да помине обвинението. Во еден аналитички коментар на БиБиСи од тоа време беше одбележано дека „во нетрпение да го симнат претседателот, сенаторите никогаш не размислиле дали обвиненијата можат да бидат докажани вон разумниот сомнеж“. Единствениот друг претседател што стигнал до импичмент бил демократот Ендрју Џонсон, кој бил во Белата куќа четири години од 1865 година. Претставничкиот дом гласал за импичмент во 1868 година, при што гласањето било спроведено само 11 дена откако Џонсон

го разрешил секретарот за одбрана Едвин Стентон, кој не бил согласен со политиката на претседателот. На американскиот печат не му побегна аналогијата меѓу разрешувањето на Стентон и на Коми, директорот на ФБИ, кој, исто така, бил во разногласие со претседателот. Но, за разлика од Клинтон, Џонсон „преживеал за влакно“: за мнозинство од две третини против него недостигал само еден глас. Подоцна сенаторот републиканец Џејмс Грејмс од Ајова објаснил: „Јас не можам да прифатам да биде поткопан хармонично балансираниот Устав во името на симнувањето на еден неприфатлив претседател“.

Значи, сепак, може ли да има импичмент на Трамп?

Теоретски, да. Технички тој може да биде обвинет за прекршување на претседателската заклетва да го брани Уставот на САД. Но, во практика тоа е многу малку веројатно. Како што забележува репортерот на БиБиСи за Северна Америка, Ентони Зарчер, „ако Претставничкиот дом беше под контрола на демократите, параграфите на обвинението веројатно веќе би биле во процес на подготовка“. Но, тоа не е така. Републиканците го контролираат Претставничкиот дом со 238 гласа, против 193 на демократите. Тие го

контролираат и Сенатот со 52 во однос на 46 гласа, плус двајца независни. Огромното мнозинство од републиканците остануваат лојални на претседателот Трамп, иако неговите рејтинзи продолжуваат да паѓаат до рекордно ниски вредности. Се разбира, има исклучоци меѓу републиканците. Сенаторот Џон Мекејн изјави дека скандалите врзани со претседателот достигнуваат размери како во случајот Вотергејт. Други велат дека не треба да се преувеличува „секоја нерамнина на патот“. Но, почнуваат да се појавуваат знаци на раздразнетост во Републиканската партија. „Може ли да имаме барем еден ден без криза? Тоа е сè што бараме“, изјави за СиЕнЕн сенаторката републиканец Сузан Колинс од сојузната држава Мејн. Дури и лидерот на Сенатот, Мич Мекконол, изјави дека на Белата куќа и треба „помалку драма“. Но, мислите наскоро ќе се насочат кон претстојните меѓуизбори во 2018 година, и секој кандидат секако ќе треба да си го постави прашањето: не ги намалува ли Трамп моите шанси? И на крајот, како Ричард Никсон успеа да го избегне импичментот? Тој го направи она што секој разумен човек го прави која ќе сфати дека ситуацијата се свртела против него. Поднесе оставка. nnn


ИНСТИТУТ КОНЦЕПТ ВО СОРАБОТКА СО TÜV NORD CERT ОРГАНИЗИРАAТ ЕДНОДНЕВНА ОБУКА ЗА:

УПРАВУВАЊЕ СО КВАЛИТЕТ ВО ОБЛАСТА НА ЗАВАРУВАЊЕТО, СПОРЕД БАРАЊАТА НА МЕЃУНАРОДНИТЕ СТАНДАРДИ ISO 3834 И EN 1090 l 5 jуни 2017 година l 09:00-17:00 часот Институт КОНЦЕПТ, Скопје

Целта обуката е кандидатите да се стекнат со солидно знаење во врска со барањата на меѓународните стандарди за заварување ISO 3834 и EN 1090, како и нивна практична примена. Кандидатите по завршувањето на оваа обука ќе бидат оспособени за техниките кои се неопходни за воспоставување, како и за оценување/проверување на усогласеноста на системите за управување на квалитет на заварувањето во своите Компании, според барањата на ISO 3834 и EN 1090 Стандардите.

ПРЕДАВАЧ:

Г-ДИН ГЕОРГИ МИНЧЕВ (Inspector/Auditor) од Република Бугарија, кој има 15 години специјалистичко и практично работно искуство како Инспектор за Техничка Инспекција и Водечки Аудитор.

РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ: 31 МАЈ 2017

УЧЕСНИЦИТЕ НА ОБУКАТА ЌЕ ДОБИЈАТ ДВА СЕРТИФИКАТИ ОДНОСНО: l За секој учесник на семинарот, по проверката на знаењето од тестирањето и позитивното решавање на истиот, ќе биде издаден Сертификат од TÜV NORD за оспособеност за соодветниот семинар. Сертификатот на TÜV NORD е признат од сите меѓународни организации и како таков може да послужи како почетна основа за понатамошно усовршување во соодветното подрачје. l Сертификат од Институт КОНЦЕПТ за учество на обуката.

За повеќе информации посетете ја нашата веб страна: www.koncept.com.mk

КОНТАКТ: м-р Ленче Зикова и м-р Ирена Богоевска l e-mail: institut@koncept.com.mk l 02 3128 526 l 070 272 207


www.kapital.mk

Капитал број 917 26.05.2017

44

СВЕТ

КАКО ДА ГИ МОТИВИРАТЕ ВРАБОТЕНИТЕ?

GOOGLE ЈА ИМА “БАНЏИ“ ПРОГРАМАТА ЗА ДА ГИ ЗАДРЖИ МИЛЕНИУМЦИТЕ

М

Милениумците (поинаку наречени генерација Y) сè се позастапени во компаниите и веќе во 2020 година ќе бидат 50% од работната сила. Со нивното доаѓање во компаниите на менаџерите им е сè потешко да ги мотивираат и задржат работниците, пред сè зашто оваа генерација во просек поминува само 2,5 години на иста позиција. Времето поминато на исто работно место двојно е пократко во споредба со она на генерацијата Х, и често милениумците

заминуваат само зашто сакаат да искусат нешто ново. Истражувањето на Универзитетот на Северна Каролина од 2014 година, како најважен критериум при вработувањето на 65% од милениумците го наведува професионалниот развој. Понатаму наведува дека смислата на работата и слободата на социјалните медиуми многу се поважни од платата, па изненадувачки 70% од испитаниците планираат да ја сменат работата со првите знаци за опоравување на економијата. Вработувањето нови работници е голем трошок за секоја компанија. Освен трошоците за огласување и селекција, уште поголеми се оние за едукација и поради помалата продуктивност на нововработените, влијанието на моралот и трачевите во рамките на тимот ...

Предности на различни начини

Сè повеќе компании сфаќаат дека одличните вработени се секогаш одлични без разлика на позицијата. Многу поважни од вештините и знаењата се мотивите, предаденоста на работата и фокусот, па таквите одлични вработени повеќето компании се обидуваат да ги задржат со збогатување на работата, со попријатна околина, со флексибилност во развојот... Постојат различни иновативни начини како да се задржат и мотивираат вработените, а еден од попознатите е „банџи“ (bungee) програмата на Google. Таа дозволува привремена промена на работата во рамките на компанијата, пожелно на целосно различна функција. Причината за одбирање потполно различни функции е прилично едноставна: што се поголеми разликите, поголем е предизвикот за вработениот и многу е

ГЕНЕРАЦИЈА Y: ДВОЈНО ПОКРАТКО СЕ НА ИСТО РАБОТНО МЕСТО ОД ГЕНЕРАЦИЈАТА X


2

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

БАНКИТЕ И БИЗНИСОТ

ЈУНИ

2017

ТОП БАНКИ ЗА 2016 Изминатата 2016 година, иако криза на Македонија, беше една од најдобрите години за македонскиот банкарски сектор. Вкупно 102,8 милиони евра заработија сите банки во земјава во 2016 година и тоа е зголемување на профитот за 36,3% на годишно ниво. Тоа е најголема профитабилност од 2008 година досега. Капитал анализира на што се должи доброто работење и какви трендови не очекуваат годинава. Еве што ќе можете да прочитате во прилогот Банките & Бизнисот:

l НАЈГОЛЕМИТЕ И НАЈДОБРИТЕ БАНКИ ВО МАКЕДОНИЈА l КОИ СЕ БАНКИТЕ КОИ НАЈМНОГУ ГИ КРЕДИТИРААТ ФИРМИТЕ И ГРАЃАНИТЕ l ВО КОИ БАНКИ НАЈМНОГУ ШТЕДАТ ГРАЃАНИТЕ И ФИРМИТЕ? l БАНКИТЕ ЛАНИ НАПРАВИЈА РЕКОРДЕН ПРОФИТ! ЌЕ ПРОДОЛЖИ ЛИ ТРЕНДОТ И ГОДИНАВА?! l КОИ СЕ НОВИТЕ ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ ШТО ИМ ГИ НУДАТ БАНКИТЕ НА КЛИЕНТИТЕ?!

Повеќе информации во врска со прилогот и за претставување во истиот можете да добиете на е-мail: marketing@kapital.com.mk l gordana.mihajlovska@kapital.mk или на телефонскиот број ++ 389 2 3298 505

ЛИЦE ЗА КОНТАКТ:

ГОРДАНА МИХАЈЛОВСКА


www.kapital.mk

Капитал број 917 26.05.2017

46

СВЕТ

поголема можноста за развој на целосно нови вештини и знаења. Во оваа програма вработените можат да се пробаат на новата работна позиција од три месеци до една година, што е доволно долг период за оценка на нивните способности или пак за стекнување нови искуства. Можат да се развиваат и да ги задоволат своите желби, а компанијата може да ги оцени во друга околина и да го насочи нивниот натамошен развој. Оваа ротација е сигурен начин за проверка на потенцијалот на вработените на новата позиција, што за работникот може да се направи во сигурна околина, без да ја напушта компанијата. Во поголем број од случаите вработените се враќаат на својата оригинална работна позиција, и тоа задоволни, збогатени со ново знаење и искуства што можат да ги поделат со колегите, да се обноват себе си и остатокот од тимот, и да развиваат креативност. Поголемата продуктивност на вработените и на тимот не е единствената позитивна последица по враќањето. Исто така, се зголемува разбирањето кај вработените за другите оддели, поради што се подобрува комуникацијата и соработката меѓу тимовите.

За големи компании и за најдобрите вработени

Секако, се поставува прашањето колку оваа програма е соодветна за просечна компанија. Ретки можат да си дозволат ротација на вработените на година дена и да обезбедат непречено одвивање на дејноста. Слични програми имаат другите технолошки гиганти, како Facebook, кој ја има програмата Hackamonth, што ги охрабрува инженерите да го напуштат својот тим и да работат на друг проект барем еден месец во годината. Одделот што вработениот ќе го напушти мора непречено да продолжи да работи. Facebook, како и Google, поради својата големина може да си дозволи слични експерименти. Резултатите охрабруваат бидејќи повеќето проекти на Hackamonth се многу успешни и интегрирани во главната страница, но повеќето компании немаат

Секој директен менаџер мора да ја одобри ротацијата и намалувањето на обемот на работата. Вработениот е должен да предложи план за развој со точно одредени цели на учење што мора да ги одобрат менаџерите и на стариот и на новиот тим. Реалноста на планот е клучна состојка на целата програма.

И помалите компании можат да имаат корист

таква слобода. Со други зборови, ако е нешто соодветно за Google, не мора да биде и за други компании. Google е, исто така, познат по отворените простори што поттикнуваат социјализација, но запрашајте се дали сакате да го видите вашиот банкар како лежи и игра игри на работа. За поголем број компании сличните програми се прифатливи само ако значајно бидат прилагодени и им биде намален размерот. Секако, најголем предизвик е да се пополни празнината што вработениот ја остава на старото работно место. Така Hootsuite по углед на „банџи“ на Google разви „стреч“ програма. Основната програмска цел е иста – да се задржат најдобрите вработени и да им се дадат нови предизвици во рамките на компанијата. Директорот Рајан Холмс одлучи да им ја понуди оваа можност само на најдобрите вработени; на оние кои имаат извонредни годишни оценки на работниот учинок. Најдолгиот можен период на ротација е 90 дена, па вработените имаат цел квартал за тестирање на новата позиција. Еден ден неделно се на новото работно место, а преостанатите денови си ја вршат должноста во нивниот оригинален тим.

Ако новиот менаџер види потенцијал и вработениот сака трајно да премине на новата позиција, предуслов е пополнување на оригиналното работно место. Ако нема совпаѓање, вработениот се враќа на оригиналната позиција. Програмата во Hootsuite е уште во тестни фази, но некои погодности се очигледни. Во најлош случај вработените се враќаат на оригиналните позиции, задоволни и со нови вештини; во најдобар случај почнуваат нова кариера. Секако се подобрува соработката поради подоброто разбирање на предизвиците на другите оддели. Инаку, познато е дека сè повеќе компании користат интерни тренери или волонтери кои своите вештини им ги пренесуваат на колегите. Во Google на овој начин се пренесуваат над 90% од сите вештини, и тоа истовремено додека си тече работата. Сличните програми се самоодржливи, ги осмислуваат и ги испорачуваат вработените. Со нив се развива културата на делење, на моделирање, на тестирање на доброто и на лошото; давањето и примањето повратни информации. Вработените потполно се ангажираат и и се предаваат на работата, се развиваат пријателства и неформални менторства. Се гради организација во која вработените можат да бараат совети, да добијат поддршка во тешки времиња за нив. Преносот на вештините во тек на работата, со искуство и со учење, неизмерно се цени и се минимизира потребата од скапи надворешни тренинзи. Желбата за учење и за развој не е само доблест на милениумците, туку и на повеќето од нас. Логиката е едноставна: овозможете им на своите вработени раст и развој, или ќе заминат во компанија каде тоа ќе им биде овозможено. nnn



www.kapital.mk

Капитал број 917 26.05.2017

48

ЛИДЕРИ

РЕКОА ЗА... ЛАЖЕЊЕТО

Н

ешто многу лажење се случува деновиве по македонскиве јавни сцени и кулоари, не дека во нашево секојдневие лажењето било табу тема досега... Нè заинтригира да побараме што светски големи умови кажале на темата лажење.

Луѓето најмногу лажат после лов, за време на војна и пред избори.

Лажењето е како алкохолизмот. Постојано си на одвикнување.

СТИВЕН СОДЕРБЕРГ американски режисер

ОТО ФОН БИЗМАРК

поранешен германски канцелар

Ако мислиш да кажеш лага, прво вежбај малку. Доколку не ти звучи уверливо тебе самиот, нема да му звучи никому.

Секој будала може да ја каже вистината, но треба остроумен човек за да лаже добро.

СЕМЈУЕЛ БАТЛЕР британски новелист

ЛИРОЈ ПЕЈЏ

американски бејзбол играч

Лажењето е грешка за момчето, уметност за љубовникот, достигнување за ергенот, а второ ‘јас’ за женетиот човек.

Во животот треба да лажеш само двајца: полицијата и девојка ти.

ЏЕК НИКОЛСОН американски актер

ХЕЛЕН РОУЛЕНД

американска новинарка и хуморист



www.kapital.mk

Капитал број 917 26.05.2017

50

ЛИДЕРИ

ШЕРИЛ СЕНДБЕРГ

ГЛАВЕН ОПЕРАТИВЕН ДИРЕКТОР НА FACEBOOK

АКО УГОДУВАТЕ СЕКОМУ, НЕМА ДА СТИГНЕТЕ ДАЛЕКУ

Ш

ерил Сендберг е пример за сите, и мажи и жени, кои што тежнеат кон успех. Како прв оперативец на Facebook, автор, активист, прва жена во бордот на Закерберг, таа научи многу лекции на нејзиното животно и професионално патување - и се соочи со многу битки.

Лидерство не значи да малтретирате други и да бидете агресивни. Лидерство е да мислите дека вашата моќ може да ја искористите за добро, да го направите светот подобро место за живеење.

Не обидувајте се да направите сè и притоа да очекувате сè да биде како што треба, тоа е рецепт за разочарување. Перфекцијата е непријател.

Не може да го промениме она за што не сме ни свесни, а штом станеме свесни, тогаш немаме друг избор освен да менуваме.

Преземањето иницијатива се исплатува. Тешко е да замислите некого како лидер доколку цело време чека да му кажат што да прави.

Кога ќе ви се случи трагедија, вие сте пред избор. Може да се предадете на тагата, празнотијата да ви го исполни срцето, градите, да не може да мислите, дури ни да дишете. Или пак, може да најдете смисла на вашиот живот.

Ненадејната смрт на нејзиниот сопруг во 2015-та беше една од нив. Но, Сандберг не дозволи тагата да го уништи нејзиниот живот, а многу лесно можело тоа да се случи, како што има признаено во повеќе наврати. Еве ја денес, силна и инспиративна со своите пораки.

Ако угодувате секому, нема да стигнете далеку. Тоа што знаеме дека нештата може да се влошат, не треба да не поколеба во обидот да ги направиме подобри.

Ако некој ви понуди карта за вселенски брод, не прашувајте кое седиште сте! Само качете се.




Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.