КАПИТАЛ АНАЛИЗА
КОЛКУ ЗАРАБОТУВААТ ДИРЕКТОРИТЕ НА МАКЕДОНСКИТЕ АКЦИОНЕРСКИ ДРУШТВА?
ПОЛИТИКА
КОЛУМНА
ПРЕДИЗВИЦИТЕ НА НОВАТА ВЛАДА
ДЕН ЗА РАДУВАЊЕ!
Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...
ЉУПЧО ЗИКОВ
WWW.KAPITAL.MK
COVER STORY
НОВА ВЛАДА! СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ БАНКИТЕ И БИЗНИСОТ
ТОП БАНКИ ВО МАКЕДОНИЈА БРОЈ 918 | ЦЕНА 100 ДЕН. 2 ЈУНИ 2017 | ПЕТОК | ГОДИНА 18
ТАЈНАТА ЗА УСПЕШНА КАРИЕРА НА МАЈКЛ БЛУМЕРГ
3
Капитал број 918 02.06.2017
СОДРЖИНА
32
40
44
04
STAND BY
16
КАПИТАЛ АНАЛИЗА
40
БАЛКАН БИЗНИС
06
НАВИГАТОР
25
СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ
44
КАРИЕРА
50
ЛИДЕРИ
08
ЉУПЧО ЗИКОВ Ден за радување! Најдобра година од 2010 наваму Европските компании очекуваат рекордни профити за 2017
Колку заработуваат директорите на македонските акционерски друштва?
БАНКИТЕ И БИЗНИСОТ
COVER STORY
Македонија со нова влада Приоритетните предизвици на новата Влада Департизација на институциите и независно судство предуслов за успешни реформи
Банките прават профит и кога на економијата и оди лошо Профитот на банките надмина над 100 милиони евра, најголем од 2008 досега
INTERVIEW Владислав Хаџидинев
Главен директор за финансии (CFO), Член на Управниот одбор и Извршен директор
ПРЕДИЗВИЦИ НА НОВАТА ВЛАДА
БАНКИТЕ СО РЕКОРДЕН ПРОФИТ
Македонија доби нова влада, која уште на самиот почеток се соочува со големи очекувањата да стави крај на периодот на стагнација и неизвесност, да ги врати во нормала заробените државни институции, да обезбеди услови за напредок на земјата, компаниите и граѓаните. Никој нема сомнение дека пред новата Влада претстои тежок период во кој ќе мораат да се носат многу тешки и непопуларни одлуки. Капитал анализира кој ќе биде тимот со кој мандатарот Зоран Заев кој ќе ги носи реформите во следниот период.
Вкупно 102,8 милиони евра заработија сите банки во земјава во 2016 година и тоа е зголемување на профитот за 36,3% на годишно ниво, покажуваат податоците на Народната банка. Најголем дел од добивката ја направија групата големи банки. Тие имаат профит од 89,5 милиони евра. Средните банки ја завршија 2016 година со добивка од 11,8 милиони евра, а дури и малите банки кои што последните неколку години книжеа загуби, лани прикажаа добивка од 1,5 милиони евра.
Стр. 8
Шест економски мерки што Србија треба да ги спроведе годинава по препораки на ЕУ Милијардерот Мајкл Блумберг ги советува студентите Најдете работа во која уживате и работете како луди МАРК БЕНИОФ
извршен директор на Salesforce
Корпоративната мисија треба да е поголема од правење профит
ДИРЕКТОРИ
Стр. 22
Да се дознае колку заработуваат директорите на македонските акционерски друштва е прилично тешка работа, затоа што податоци за годишните примања на врвното раководство - односно секој од членовите на управните и надзорните одбори, во земјава даваат едвај 2-3 компании. Од она што како збирен податок го даваат повеќето друштва во своите извештаи се гледа дека примањата на топ менаџментот не се пониски од 3040.000 евра годишно, па до 150 - 200.000 евра кај најмоќните фирми. Но, постои голема разлика меѓу заработката на странските менаџери на чело на големите инвеститори и останатите компании. Стр. 16
Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31 П. ФАХ 503, 1000 Скопје Директор и одговорен уредник: Љупчо Зиков Печати: Графички центар Скопје, ул. Скупи бб, 1000 Скопје Тираж: 3.000 примероци Датум на печатење: 01.06.2017
пишува: ЉУПЧО ЗИКОВ
Ден за радување! Ете нова влада. Уживам во моментот. Нова влада сме немале откако имав 35 години... Kога дојде Груевски на власт во 2006 година имав толку години. Денеска сме постари за една цела деструктивна деценија. Но, уште сме полни со енергија, да создаваме и градиме. Избравме нов почеток. Како што ретко му се случува на македонскиот човек во историјата, овојпат избра правилно ...!? Затоа денеска е ден за радување и јас се радувам ... Не е ден за солење памет што треба Зоран Заев да прави. Опуштете се, доаѓа викенд ... За се друго од понеделник. Ок, ако треба да предложам нешто и јас, баш денес ... еве мојот предлог е освен најавеното укинување на екстерното тестирање, мнозинството во Парламентот веднаш да изгласа и одлагање на локалните избори, но не за 15 октомври, туку за догодина. Новата влада освен што заслужува фер сто дена за владеење, како за почеток заслужува и “мирно море”. Ајде дечки мислам дека можете тоа. Што се десетина месеци нова позитивна енергија без избори, наспроти единаесет години деструкција ...!? ljupco.zikov@kapital.mk facebook.com/ljupco.zikov
O
Оваа колумна ја нареков свечена. Оти денот е така некако свечен и радосен. Се радувам. Во денешнава колумна нема да пишувам за економските и политички предизвици на владата на Зоран Заев. Читав деновиве, многумина пишуваа за тоа ... Денеска само ќе му честитам на успехот, на овој, несомнено храбар и силен човек. Ги обедини граѓаните на почетокот на едно долго патување. Да, да долго и мачно патување на промени. Од корен. Затоа што оваа Влада нема да ја споредуваме ниту со владата на Груевски, ниту со претходните влади. Долгото и деструктивно владеење на Никола Груевски ја доведе Македонија во точка да мора да избира меѓу две нешта – пропаст или нов почеток! Фатално ... Избравме нов почеток. Како што ретко му се случува на македонскиот човек во историјата, овојпат избра правилно ...!? Затоа денеска е ден за радување, а не за анализи, за солење памет што треба Заев да прави сега економски и политички. Опуштете се, доаѓа викенд ... За се друго од понеделник. Ок, ако треба да предложам нешто и јас, баш денес ... еве мојот предлог е освен најавеното укинување на екстерното тестирање, мнозинството во Парламентот да изгласа и одлагање на локалните избори, но не за 15 октомври, туку за после нова година. Новата влада освен што заслужува фер 100 дена за владеење, како за почеток заслужува и “мирно море”. Ајде дечки мислам дека го можете тоа. Значи, ете нова влада. Уживам во моментот. Нова влада сме немале откако имав 35 години. Многу одамна. Кога дојде Груевски на власт во 2006 година имав толку години, а денес имам многу повеќе... Хахаха! И уште сме млади и полни со енергија, да создаваме и градиме. Што прави промената а? Но, не сакајќи да бидам лош, сакам себично да споделам еден момент. Мој личен. Кога во 2012 година под силен партиски притисок се затвораше дневниот весник Капитал. Имам еден неизмерен ќеиф периодов на некои ликови од ВМРО ДПМНЕ да им се опулам у фаца и да им кажам “ете дечки, гледате ... сврши работава”!!! Аш. Ај сега гитла ... И бидете тука во близина ... Достапни на правдата и правдината!? Така, на пример, еден наш министер, од оние поголемите, “кој многу љуби чоколади, а нема ни за леб”!!!, видно испрчен во телефонските бомби што ги објави Заев, во 2012 година, арогантно, невоспитано и без некоја поголема причина ми солеше памет во дворот на американската амбасада, како “толку многу знам економија, што би ми понудил место советник”. Се разбира (буквално) му одговорив дека се занесува и преценува и дека тој таков каков што е - “со силна, но, празна ароганција” е само производ на “ретардираната македонска партиска сцена, креирана од ВМРО ДПМНЕ која во суштина ја држеше оваа партија на власт толку долго време”, единствено со лаги и манипулација со граѓаните, манипулирајќи ја и злоупотребувајќи ја тешката егзистенцијална положба на “народот” - поим со кој им е устата полна. Народот па народот. И со притисок врз медиумите и
STAND BY ПРОКРЕДИТ БАНКА
слободоумните мислечки луѓе. Се разбира во изминатите години до денес, сите тие слободни луге беа “книжени” во графата предавници на Македонија.
КАПИТАЛ АНАЛИЗА
КОЛКУ ЗАРАБОТУВААТ ДИРЕКТОРИТЕ НА МАКЕДОНСКИТЕ АКЦИОНЕРСКИ ДРУШТВА?
И, уште тогаш му порачав на овој лик дека таа манипулација, колку и да е добра за неговата празна министерска кариера, воопшто не е добра за Македонија и нејзините граѓани. Дури и за него лично како граѓанин. Оти не можеш цел живот да бидеш министер. Мисли со тоа тиквата малку ... (ова особено е важно да го сватат и деновиве новоименуваните функционери). Тоа беше јули 2012 година, само 15 дена откако под притисок на тој министер беше затворен дневниот весник Капитал!? И само два месеци по мојата жестока дебата со Д.П Латас на тема економските и политичките состојбите во Македонија. Оваа дебата деновиве ќе ја реобјавам, не толку поради Латас (јадниов си има периодов многу поконкретни проблеми со трите убави госпоги во Специјалното Јавно Обвинителство, отколку јас да се занимавам со него), туку поради суштинскиот опис на состојбите во нашата земја (особено економските) ... Што се уште се присутни и денес, пет години откако тоа се пишуваше на страниците на Капитал. Ова е суштински важно за работата и агендата на новата реформска влада, како и за лидерството со реформите на Зоран Заев. Но, за тоа подетално во колумни и анализи во следните денови.
ПОЛИТИКА
КОЛУМНА
ПРЕДИЗВИЦИТЕ НА НОВАТА ВЛАДА
ДЕН ЗА РАДУВАЊЕ!
Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...
ЉУПЧО ЗИКОВ
WWW.KAPITAL.MK
COVER STORY
НОВА ВЛАДА! СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ БАНКИТЕ И БИЗНИСОТ
ТОП БАНКИ ВО МАКЕДОНИЈА БРОЈ 918 | ЦЕНА 100 ДЕН. 2 ЈУНИ 2017 | ПЕТОК | ГОДИНА 18
ТАЈНАТА ЗА УСПЕШНА КАРИЕРА НА МАЈКЛ БЛУМЕРГ
Оти денеска денот е празник. И затоа во овој текст, освен што честитам на храброста и концептот на, сега веќе, премиерот Зоран Заев, сакам да уживам во убавината на моментот ... Слободно и елегантно ... Во чувството сме на прагот на ново време во кое силно кажуваме дека сакаме да учествуваме, да работиме и менуваме. Полни сме со енергија.
Македонија ако не станеме вмровци ... и да живееме зависни од милоста од нив петмина.
лоши работи. Затоа тие неколкумина ќе останат запаметени како лоши луѓе. Еве ги ... Останаа со “чоколадата во уста”...
И згора на сето тоа, парите од сите нас ги потроши на едно големо ништо за граѓаните, а големи провизии за нив, злоупотребувајќи го нашето неискуство и затупеност во клучни историски моменти ...
И како што во 2012 година на Лаки му пишував седнат на кафе во Рокфелер центар во Њу Јорк, така овој текст го пишувам, релаксирано позициониран во мојата софа, но со една рака, бидејќи во другата држам коњак високо дигнат во чест на крајот на владеењето на оваа опасна и деструктивна власт која, рака на срце, гледајќи не сите нас така глупави и неспособни, успеа да владее со нас 11 години. Да ни ги собере парите, да ни го убие ентузијазмот и креативната енергија, како и мотивот за создавање ... Успеа фокусирано да ги осиромаши сите нејзини неистомисленици и политички противници ... Успеа да инсталира легален рекет во општеството, а корупцијата ја инсталираше како нешто што едноставно се подразбира како процент кој се договара прво, и пред она што значи легална профитна маржа ... Успеа да не уплаши и да не замисли дали треба да останеме да живееме во
Затоа е ова ден за славење. Нов почеток. Ќе не биде, сигурен сум. Попаметни сме и поискусни за една тешка и деструктивна деценија. Оваа генерација македонски граѓани заслужи нов почеток. И заслужува шанса да не дозволи ништо налик на досегашното!? Нема да има толеранција ...
На крајот честитки уште еднаш за Зоран Заев. Херојот на ова време и симболот на македонските промени. Силно посветен на “револуцијата”, со големо политичко искуство, знаење и изградено лидерство, ја приврши првата половина од процесот – уривање на режимот. Би рекол со голем ризик. Се исплатеше Зоран.
Тој ден, во 2012 година, за кој зборувам, на прославата на денот на независноста на САД, му порачав на “министерот за чоколади и други кондиторски производи” да си ја гледа работата! Да внимава, да не им “брка во џебот” на деловните луѓе, бизнисмените, професионалците и другите граѓани, оти брзо ќе дојде крајот и ќе треба да се гледаме во очи. Да не си поигрува со трпението. Животот е долг... Треба екстра психолошки напор да вложиш да уништиш нечиј сон. Тие уништија многу сонови ... И вложија екстра психолошки напори да прават
Но, втората половина на овој процес, е на урнатините да се отпочнат новите процеси на создавање. За овој дел од процесот, освен посветеност се потребни и многу други знаења. Луѓе и тимови. Многу илјади. Потребно е силно лидерство и носење на одлуки. Би рекол важни и точни одлуки. Оти Македонија нема време за погрешни одуки. Оваа земја и граѓаните мора да забрзаат. Немаме право на грешка. Затоа сега е време за партнерства. Сега е време за обединување на мисии и проекти. Сега е потребна поддршка наместо критики и непотребно солење памет и мрчење. Да почнеме да го менуваме нашето деструктивно општество. Одвнатре. Болни ќе бидат реформите. Заев ја имаш нашата поддршка.
www.kapital.mk
Капитал број 918 02.06.2017
6
НАВИГАТОР ИЗЈАВА НА НЕДЕЛАТА
> БРОЈКА
5,6% кредитен раст очекува НБМ годинава
НАРОДНАТА БАНКА ГИ НАМ
АНГЕЛА МЕРКЕЛ
Ерата кога можевме комплетно да се потпреме на други е завршена. Ние како Европа мораме да ја земеме иднината во свои раце.
канцелар на Германија
Н
ародната банка на Република Македонија во априлската проекција прогнозира дека македонската економија ќе расте до 2,5%, што намалување од претходната проекција за раст од 3,5%. Оваа корекција, според објаснувањето на НБРМ, е направена поради политичката криза, која што продолжи и на почетокот на 2017 година, иако при октомвриската прогноза се сметаше дека таа набргу ќе заврши.
НАЈДОБРА ГОДИНА ОД 2010 НАВАМУ
ЕВРОПСКИТЕ КОМПАНИИ РЕКОРДНИ ПРОФИТИ ЗА
П
По два квартала стабилен економски раст европските компании сега очекуваат голем раст на добивките, пишува Wall Street Journal. Се очекува компаниите од еврозоната да ги надминат компаниите од САД во два
последователни квартали. Доколку се заврши годината добро како што и почна, за европските компании ќе биде најдобра година од 2010 година наваму, кога тие ја вратија профитабилноста, по наглиот пад на приходите и добивките заради светската финансиска и економска криза што почна во 2008 година. Фантастичен раст на приходите во Европа е забележан во првиот квартал, а аналитичарите очекуваат умерен раст на заработките во
вториот квартал, но и понатаму со доста резерви, затоа што и претходно имаше знаци за константен раст што не се одржа. Приходите на најголемите компании во Европа во првиот квартал пораснале за 23% во однос на истиот период лани, додека растот на приходите во истиот период во САД изнесувал 14% покажуваат анализите. На годишно ниво се очекува раст на приходите нешто поголем од 16% за 600-те најголеми европски
www.kapital.mk
Капитал број 918 02.06.2017
7
МАЛИ ПРОЕКЦИИТЕ ЗА РАСТ НА БДП ОД 3,5% НА 2,5% “До крајот на годината очекуваме постепено разрешување на кризата, стабилизирање на амбиентот и исцрпување на неповолните ефекти”, изјави гувернерот на Народна банка, Димитар Богов. Гувернерот додаде дека последните три години иако имавме политичка влада, немавме политичка стабилност. “Потребна ни е политичка стабилност и намалување на неизвесноста за поголем економски
раст”, додаде Богов. Во однос на формирањето на новата влада, тој додаде дека Народна банка секогаш имала конструктивен однос и монетарната политика ќе ја прилагоди на фискалната политика на новата влада, откако ќе биде објавена новата економска програма. За годинава се проектира раст на депозитите кај банкарскиот систем од 4,2 %, како и кредитен раст од 5,6%.
> БРОЈКА
8,4
милијарди долари e бруто надворешниот долг на Македонија
лидери
И ОЧЕКУВААТ 2017 На годишно ниво се очекува раст на приходите нешто поголем од 16% за 600-те најголеми европски компании од Stoxx индексот, во однос на 500 американски компании од S&P индексот кои што се прогнозира да имаат раст од 10,5%, покажува анализата на компанијата FactSEt. компании од Stoxx индексот, во однос на 500 американски компании од S&P индексот кои што се прогнозира да имаат раст од 10,5%, покажува анализата на компанијата FactSEt. Минатата година овие 600 европски компании во просек имале пад на приходите од 1,9%. Wall Street Journal смета дека растот годинава е базиран на потрошувачката на граѓаните и деловните субјекти, што не се случило во поголем обем уште од економската криза од 2008 година. Приходите на корпорациите во Европа сега се стабилни, стапката на невработеност во еврозоната и нејзините најголеми членки постепено паѓа изминативе неколку години, а потрошувачите ги отплаќаат своите долгови и акумулираат пари за потрошувачка.
Растот на Европа добра вест и за американските и азиските компании
Европската комисија соопшти дека индексот на задоволство на потрошувачите пораснал на највисоко ниво од јули 2007 наваму. Освен тоа, цените на нафтата се поумерени во однос од пред неколку години кога беа исклучително високи,
а владите престанаа да ја намалуваа потрошувачката. Туризмот пружа поттик на земјите како Шпанија и Грција, а многу посетители сега планираат одмор во европските дестинации по низата терористички напади во Египет, Тунис итн. “Европа покажува дека во овој момент е изненадувачки отпорна“, вели Мартин Даум, извршен директор за комерцијални возила на Daimler. Тој смета дека Daimler благодарение на продажбата во Европа е заштитен од последиците на слабата продажба во САД и Бразил последниве неколку квартали. Овој раст ги изненади аналитичарите и донесувачите на одлуки во Европа. Од Европската централна банка не успеваа со години со ултра-ниски каматни стапки значително да го поттикнат задолжувањето и потрошувачката. Силен почеток на 2017 година не е добра вест само за Европа, континент што го нарекоа “пациент“ на светската економија откако настапи длабоката финансиска криза. Вистинското закрепнување би можело да освежи и многу компании од САД и Азија, кои што продаваат во Европа.
ЗОРАН ЗАЕВ
После 5,5 месеци од изборите, конечно е избрана новата македонска влада
ТИМ КУК
Apple развива специјализиран чип за мобилни уреди за вештачка интелигенција
не им беше неделата
ДОНАЛД ТРАМП
Мораше да го брани и својот зет и советник, Кушнер, од обвинувања за недозволени врски со Москва
АЛЕКС КРУЗ
Загубите на British Airways од колапсот на компјутерскиот систем можат да достигнат 150 милиони фунти
COVER 8 COVER STORYSTORY: МАКЕДОНИ
Капитал број 918 02.06.2017
www.kapital.mk
ПРИОРИТЕТНИТЕ ПРЕДИЗ Македонија доби нова влада, која уште на самиот почеток се соочува со големи очекувањата да стави крај на периодот на стагнација и неизвесност, да ги врати во нормала заробените државни институции, да обезбеди услови за напредок на земјата, компаниите и граѓаните. Никој нема сомнение дека пред новата Влада претстои тежок период во кој ќе мораат да се носат многу тешки и непопуларни одлуки. Капитал анализира кој ќе биде тимот со кој мандатарот Зоран Заев кој ќе ги носи реформите во следниот период.
ИЈА СО НОВА ВЛАДА www.kapital.mk
Капитал број 918 02.06.2017
9
ЗВИЦИ НА НОВАТА ВЛАДА
ДЕПАРТИЗАЦИЈА НА ИНСТИТУЦИИТЕ И НЕЗАВИСНО СУДСТВО ПРЕДУСЛОВ ЗА УСПЕШНИ РЕФОРМИ
www.kapital.mk
Капитал број 918 02.06.2017
10
COVER STORY
пишува:
Н
Максим Ристески
maksim.risteski@kapital.mk
„Насловот на новата Влада е реформска Влада на Република Македонија“, изјави премиерот Зоран Заев откако во неделата го објави составот на неговиот владин кабинет. И настрана од реакциите од дел од јавноста дека одредени кадровски решенија на партиите од владината коалиција за министерските места имаат спорен реформски капацитет, Владата на Заев веднаш ќе треба да почне со процеси што ќе им дадат изгледност на проекциите за Влада што ќе го „унапреди севкупниот квалитет на живот на сите граѓани“. Јасно е, неопходниот предуслов за успешни реформи е департизацијата и деполитизацијата на институциите и постигнувањето независност на судството. Професорот на Правниот факултет Јустинијан Први на Универзитетот Свети Кирил и Методиј, Борче Давитковски, вели дека откако најпрво ќе се обезбедат пари - најверојатно со ребаланс на буџетот - за да функционира државата, за да се сервисираат обврските до крајот на годината; треба да почне процесот на департизација на институциите, и тоа на сите – од извршната, од судската власт и т.н.
„Треба да се оди по извештајот на Рајнхард Прибе, каде фино се набележани работите, што треба да се направи. Процесот на департизација не може да се направи со кампања или со еден акт, туку тоа ќе биде најмакотрпен процес, но мора да се заврши. За институциите да станат она што треба – да бидат во функција на остварување на правата на граѓаните; администрацијата да биде сервис на граѓаните, а не на партијата на власт. Со добри стратегии, со план, ова може да се издејствува“, вели Давитковски. Поранешна судијка во Судот за човекови права во Стразбур, Маргарита Цаца Николовска, меѓу приоритетите на новата Влада акцентот го става на судството, зашто, како што вели, „сите други одлуки што ќе се носат помалкуповеќе ќе бидат тесно врзани за судството“. „Пред новата Влада има многу предизвици, но она што значи судство треба да биде првенствено и најважно прашање што треба да се расчистува, зашто сите други одлуки што ќе се носат помалку-повеќе ќе бидат тесно врзани за судството. А во ваква ситуација, со вакво судство, никој не може да гарантира, ниту да мисли дека отсега ќе работат согласно законот и владеењето на правото. Обвинителот и најдобро да постапува, еве, како во случајот на СЈО; да поднесува барања, да спроведува истраги; ако судиите работат сè уште по нечиј диктат, наместо независно и непристрасно, работата на обвинителството се доведува во прашање. Мислам дека СЈО во ваква ситуација, со вакво судство, и натаму ќе има многу пречки и опструкции. И да имаме супер обвинителство, ако судството е вакво како досега, ништо нема да направиме“, вели Николовска.
Секако, на овие позитивни процеси штедро би им помогнало и она за што има сè поизгледни најави дека ќе се случува, а имено, конечно конкретни чекори од евро-атланските интеграции на Македонија. Така, специјалниот претставник на Обединетите Нации и медијатор во спорот за името меѓу Македонија и Грција, Метју Нимиц, деновиве порача дека „решавањето на спорот за името треба да биде високо на агендата на новата Влада“. Нимиц во интервјуто за грчкиот весник Риал њуз рече дека очекува со формирањето на новата Влада да почнат сериозни разговори за решавање на спорот со името што Македонија го има со Грција. Дополнителна тежина на зборовите на медијаторот им дава споменувањето (во неговата изјава) на регионалниот контекст: „Мандатот што го имам за решавање на спорот за името на БЈРM е клучот што ќе ја отвори вратата за да се решат и други спорни проблеми во регионот“, изјави Нимиц, очигледно имајќи предвид дека решавањето на спорот за името ќе биде дел од пакетот за стабилизирање на регионот на западниот курс, за што уште поконкретно зборуваше американскиот експерт за Балканот, Даниел Сервер. „Европа и САД, мора да и кажат на Грција дека „ФИРОМ“ ќе добие покана за НАТО во моментот кога повторно ќе се воспостави транспарентна и демократска Влада во државата“, изјави Сервер на поткомитетот за Европа и Евроазија во Стејт Департментот, сметајќи дека тоа е важен дел од напорите за стабилизација на западниот Балкан.
ЗАЕВ: НАСЛОВОТ НА НОВАТА ВЛАДА Е РЕФОРМСКА В
www.kapital.mk
Капитал број 918 02.06.2017
11
Кои се новите министри?
Во новата Влада со Министерството за одбрана раководи Радмила Шекеринска, која зад себе има четири пратенички мандати, а го водеше Националниот совет за европски интеграции од неговото основање до 2014 година. Шекеринска од 2002 до 2006 година беше заменик претседател на Владата задолжен за европска интеграција и координатор за странска помош. Во тоа својство, ја подготвуваше кандидатурата на Маке-донија за членство во Европската унија и го раководеше процесот на внатрешни подготовки за обезбедување на кандидат-скиот статус. За време на нејзиниот мандат, Македонија го доби статусот на земја кандидат за членство во ЕУ. МИНИСТЕРОТ ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ, ОЛИВЕР СПАСОВСКИ, е правник, а на изборите во 2016 година беше избран по трет пат за пратеник. Во 2013 година стана генерален секретар на СДСМ, а ја извршуваше функцијата министер за внатрешни работи во Владата која требаше да обезбеди услови за спроведување на фер и демократски избори (за изборите што се одржаа во 2016 година). Тој ќе има една од најтешките задачи, да ја департизира полицијата и Министерството за внатрешни работи, кое како што можевме да слушнеме од бомбите во изминатиот период функционираше како штаб на партијата ВМРО-ДПМНЕ. МИНИСТЕРОТ ЗА ПРАВДА, БИЛЕН САЉИЈИ, е правник со работно искуство на советник за односи со јавноста во општина Врапчиште и директор на Јавното комунално претпријатие од истата општина (2005-2009, односно, 2009-2011). Пред да стане министер, од
2011 до 2017 година, беше директор на Државниот инспекторат за шумарство и ловство. Овој ресор го чекаат тешки и неминовни реформи во целиот правосуден систем, без кои тешко ќе функционираат и реформите во другите области. МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ, НИКОЛА ДИМИТРОВ, беше амбасадор на Македонија во САД (2001-2006) и во Холандија (2009-2014). Ги вршел и функциите специјален пратеник на Владата на Македонија за европски и евроатлански интеграции во Брисел (2007-2008), и национален координатор за интеграција на Македонија во НАТО (2006-2009). Ангажиран беше и како специјален пратеник на Македонија во разговорите за надминување на разликата околу името со Грција под покровителство на ОН (20032008). Димитров беше и советник за национална безбедност на претседателот на Македонија, Борис Трајковски (2000-2001), и заменик министер за надворешни работи во Владата на Љубчо Георгиевски (2000 година).
и потпретседател на Парламентот. Во Кабинетот на претседателот на државата Бранко Црвенковски, Дескоска беше советник за уставни и правни прашања (2004-2009). МИЛА ЦАРЕВСКА ќе раководи со МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ТРУД И СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА ќе треба да ги спроведе најавените политики на СДСМ во социјалната сфера, да ги реши синдикалните недоразбирања, да ги подготви пензиски реформи, но и да му даде нов живот на социјалниот дијалог, утврдувањето на минималната плата... Мила Царовска е претседателка на комисијата за труд и социјална политика на СДСМ и е долгогодишен активист во невладиниот сектор. Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, по професија е социјален работник, и во 2015-2016 година беше специјален советник во Министерството што сега го раководи. Претседател на Македонската платформа против сиромаштија беше од 2010 до 2013.
МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО, АРБЕН ТАРИВАРИ, функцијата во новата Влада го затекна на позицијата виш научен соработник по предметот неврологија, на Универзитетската клиника за неврологија. На оваа клиника бил и претседател на бордот на одделот за екстрапирамидални болести (2016).
МИНИСТЕРОТ ЗА ЛОКАЛНА САМОУПРАВА, СУХЕЈЛ ФАЗЛИУ, дипломирал на Факултетот за современи науки и технологии, на Универзитет на југоисточна Европа, во Тетово. Работел како независен консултант во програмата е-Влада, за услуги за локална самоуправа и за јавни претпријатија за повеќе земји.
МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА го раководи РЕНАТА ТРЕНЕСКА ДЕСКОСКА, од 2012 година е редовен професор од научната област уставно право и политички систем. Два пати (на изборите во 2014 и во 2016 година) е избрана за пратеник во Собранието, а од септември 2015 до декември 2016 беше
МИНИСТЕРОТ ЗА КУЛТУРА, РОБЕРТ АЛАЃОЗОВСКИ, дипломирал и магистрирал на Катедрата за општа и компаративна книжевност при Филолошкиот факултет во Скопје. Од 2005 до 2014 бил претседател на европската мрежа на менаџери во културата, Оракл, со седиште во Брисел.
ВЛАДА НА МАКЕДОНИЈА
www.kapital.mk
Капитал број 918 02.06.2017
12
COVER STORY
Т
реба да се оди по извештајот на Прибе, каде фино се набележани работите, што треба да се направи. Процесот на департизација не може да се направи со кампања или со БОРЧЕ еден акт, туку тоа ќе ДАВИТКОВСКИ биде најмакотрпен професор процес, но мора да се заврши. Со МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ИНФОРМАТИЧКО ОПШТЕСТВО И АДМИНИСТРАЦИЈА раководи ДАМЈАН МАНЧЕВСКИ, кој дипломирал на Електротехничкиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, на насоката електротехника и телекомуникации, а постдипломските студии ги завршил на Универзитет Бирмингем – Обединето Кралство. Манчевски е потпретседател на СДСМ, а беше и шеф на изборниот штаб на партијата за изборите во 2016 година. Тој ќе треба најнапред да ја утврди вистинската бројка на администрацијата во земјава, но и да ги распредели над 1.500 административци кои се вработени според Рамковниот договор, а кои во изминатиот период седеа дома. САДУЛА ДУРАКУ ќе раководи со МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА И ПРОСТОРНО ПЛАНИРАЊЕ. Дураку ќе треба да ги реши критичните точки во заштитата на животната средина, меѓу нив загадувањата на Скопје, Кичево Битола Тетово. Негова треба да биде одлуката и за натамошното опстојување на „Југохром“, како и усогласувањето на термоелектраните со регулативата на ЕУ. Дураку е од Липково каде што е и градоначалник. Тој дипломирал на Машинскиот факултет на Универзитетот во Приштина. Тој беше министер за земјоделство во владата на СДСМ, за време на Владо Бучковски, позиција на која дојде од местото заменик директор на Царинската управа. Дураку беше и директор на Агенцијата за развој и инвестиции (2008), како и градоначалник на општина Липково.
П
ред новата Влада има многу предизвици, но она што значи судство треба да биде првенствено и најважно прашање што треба да се расчистува, зашто сите други одлуки МАРГАРИТА што ќе се носат ЦАЦА помалку-повеќе ќе НИКОЛОВСКА бидат тесно врзани судија за судството. МИНИСТЕРОТ БЕЗ РЕСОР кој ќе биде вице-премиер за европски прашања, БУЈАР ОСМАНИ, е доктор специјалист, хирург, кој од 2008 до 2011 година беше министер за здравство. Новинарот РОБЕРТ ПОПОВСКИ е, исто така, МИНИСТЕР БЕЗ РЕСОР, кој од 2013 година, до изборот во Владата, беше советник на претседателот на СДСМ за комуникации и креирање политики. Поповски е автор на политичкиот магазин „Х/0“, а од 2002 до 2006 година беше главен и одговорен уредник, програмски директор на Канал 5 телевизија. Претседател на Здружението на новинарите на Македонија, Поповски беше од 2005 до 2010 година. МИНИСТЕРОТ БЕЗ РЕСОР, ЕДМОНД АДЕМИ, беше советник на министерот за внатрешни работи од март до мај 2016 година. Од 2011 до 2015 година беше извршен директор на Либерта – Институтот за политички и економски истражувања. Адеми бил асистент на двајца американски амбасадори во Македонија – Џилијан А. Миловановиќ и Филип Рикер. ВИЦЕПРЕМИЕРОТ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА РАМКОВНИОТ ДОГОВОР, ХАЗБИ ЛИКА, од 2003 до 2005 година беше заменик министер за внатрешни работи, а од 2005 до 2009 година градоначалник на Тетово. Тој е еден од основачите на политичката партија ДУИ. БЕЗ РЕСОР Е И МИНИСТЕРОТ АДНАН ЌАХИЛ, кој исти функции имаше и во владите од 1998 до 2000 година, односно од 2006 до 2008 година.
МИНИСТЕРОТ БЕЗ РЕСОР, САМКА ИБРАИМОВСКИ, беше заменик министер за труд и социјална политика од 2004 до 2006 година, како и пратеник во Парламентот од 2011 до 2015 година. БЕЗ РЕСОР Е И МИНИСТЕРОТ РАМИЗ МЕРКО, кој во два мандати (2005-2009 и 2009-2013) беше градоначалник на Струга. УШТЕ ЕДЕН МИНИСТЕР БЕЗ КОНКРЕТНО МИНИСТЕРСТВО е поранешниот министер за животна средина и просторно планирање (2004-2006), ЗОРАН ШАПУРИЌ.
Економскиот тим во новата влада
Покрај департизацијата на институциите и реформата на правосудниот систем, економијата ќе биде една од областите на кои новата влада ќе треба приоритетно и сериозно да се зафати со работа. Повеќе од јасно е дека следи период во кој треба да се носат тешки економски одлуки, да се стави под контрола јавниот долг, да се враќаат милионските кредити кои стигаат за наплата, но истовремено да не се угуши економскиот раст. Просторот за маневар е многу мал, па новата влада ќе треба да одлучи дали ќе продолжи со скапите и популистички политики на дарежливи субвенции или конечно ќе создаде услови и простор компаниите да почнат да почнат да инвестираат и да отвораат нови работни места. ЕКОНОМСКИОТ ТИМ на новата Влада ќе го сочинуваат бизнисменот КОЧО АНЃУШЕВ, како ВИЦЕ-ПРЕМИЕР ЗА ЕКОНОМСКИ СИСТЕМ, ДРАГАН ТЕВДОВСКИ, како МИНИСТЕР ЗА ФИНАНСИИ, КРЕШНИК БЕКТАШИ ќе го раководи МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА. Во економскиот дел влегуваат уште и ГОРАН СУГАРЕВСКИ од СДСМ, кој ќе раководи со МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ТРАНСПОРТ И ВРСКИ, ЉУПЧО НИКОЛОВСКИ пак се враќа во МИНИ-СТЕРСТВОТО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО. Клучна улога во обликувањето и реализацијата на економска политика на новата влада ќе има бизнисменот Кочо Анѓушев, кој ќе биде вицепремиер задолжен за економски прашања. Тој на оваа позиција доаѓа како предлог на Стопанската комора на Македонија, која ги претставува најголемите компании
www.kapital.mk
Капитал број 918 02.06.2017
14
COVER STORY
во земјава. Очекувањата се дека тој ќе ја овозможи поголема гласност на бизнисот и ќе ги претставува интересите на бизнисот во Владата, и дека нема да дозволи закони да се носат без консултација и на штета на бизнисот. Но, ако се има во предвид дека економскиот систем е прилично разрушен и длабоко влезен во клиентелистички спреги со претходната власт, неговата улога ќе биде прилично сложена ако се знае дека една од главните обврски на Македонија на европската агенда е да изгради функционална пазарна економија. Анѓушев е успешен македонски бизнисмен и претприемач, основач и главен извршен директор на групацијата „Фероинвест“ , во рамки на која работат неколку компании, Брако, успешна извозна компанија од металопреработувачката индустрија, компанијата ЕДС од областа на трговија со електрична енергија, а работи и во областа на обновливи извори на енергија и трговија со електрична енергија, ЕДС. Анѓушев е доктор по технички науки, и редовен професор на Машинскиот факултет во Скопје. Најтешката задача министерскиот економски тим ќе ја има Драган Тевдовски, кој ќе треба да го менаџира ресорот каде се очекуваат и најголемите проблеми. Тој ќе треба да обезбеди пари за сите тековни обврски, но и за сите реформи кои ги најави новата влада во предизборната програма. Новиот министер за финансии ќе треба да се соочи со рекордно висок јавен долг од 4,73 милијарди евра, што засега е околу 46% од БДП и со бруто надворешен долг од 8,4 милијарди долари или 78,1 % од БДП. Но, допрва јавноста ќе треба да дознае дали е ова вистинскиот јавен долг, бидејќи изминатата власт не беше транспарентна во тоа како се трошат буџетските пари и какви се обврски има преземено, а кои во иднина може да ја оптеретат државната каса. Тевдовски е доктор по економски науки и предава квантитативни методи во финансии и статистика за бизнис и економија на Економскиот факултет во Скопје. Магистрирал со просек 10,00 на Економскиот факултет во Белград. Неколку години подоцна заминува на постдокторски студиски престој во истражувачкиот центар CREATES, при Универзитетот во Архус, Данска, во областа на економетријата. Во политиката е долго време, како еден од истурените кадри на СДСМ во областа на финансиите. Тевдовски во изминатиов период беше претседател на Комисијата за економија на СДСМ, а во јавноста е познат како човек кој го бранеше и застапуваше концептот за поголема минимална плата и концептот за повисоки даноци за побогатите. Крешник Бекташи ќе го раководи Министерството за економија. Тој од јули 2016 година е економски промотор на
земјава во Швајцарија. Има завршено на Шефилд универзитетот и е магистер по менаџмент и стратегија. Ова е едно од најобемните министерства според надлежностите кои ги има. Во економскиот дел влегуваат уште и Горан Сугаревски, како министeр во Министерството за транспорт и врски. Toj ќе треба да менаџерира со ресорот преку кој се реализираат најголемите инвестиции во инфраструктурата, област во која беа констатирани и многу скандали, посебно во изградбата на автопатите. Сугаревски е магистер на меѓународната политика и дипломатија при Универзитетот ФОН во Скопје, а дипломирал на Правниот факултет во Скопје. Од 2008 година е пратеник во Собранието, а на јавноста и е познат како еден од најактивните пратеници, кои поднеле голем број закони. Министерството за земјоделство во новата Влада ќе го раководи Љупчо Николовски. Во овој ресор уште на самиот старт го очекуваат многу проблеми, како неисплатените субвенции, нерегулиран откуп на земјоделското производство, намалено производство и извоз. Очигледно новиот министер ќе мора да изготви нова стратегија за земјоделието, а како еден од приоритетите ќе биде промена на системот на субвенционирање, кој во иднина треба да резултира со поголемо производство и извоз на храна, а не како досега да има социјална улога. Љупчо Николовски, беше заменик во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Преодната влада, чие назначување произлезе од Договорот од Пржино. Во периодот додека ја извршуваше функцијата објави неколку афери кои укажуваа на криминал направен со поделба на земјиште и сомнителни тендери, кои допрва ќе треба да се расчистуваат. Николовски е дипломиран правник и е член на Централниот одбор на СДСМ. Како адвокат работел со специјалност и во областите странски директни инвестиции и меѓународно трговско право. Во изминатите 10 години владеење на ВМРО-ДПМНЕ, главните економски и социјални политики беа базирани на многу дарежливи субвенции и трансфери од државната каса кон земјоделците, пензионерите и многу други категории на граѓани, но и кон големи субвенции и помош на странските инвеститори, како и големи трошења за непродуктивни цели како споменици, фасади, плоштади… Државата е веќе длабоко и директнo влезена во бизнис секторот, како најголем работодавач и обезбедувач на бизниси преку јавни тендери во вредност на над милијарда евра, но исто така и како најголем позајмувач од банките во износ од 300 милиони евра само годинава, истиснувајќи ги на тој начин
приватните компании од домашниот финансиски пазар. Кој и да застане на чело на ресорот финансии, како чувар на државната каса, ќе има полни раце работа. Високата задолженоста на Македонија која веќе надмина 50% Бруто домашниот производ (БДП) и буџетскиот дефицит во буџетот од 3% од БДП прилично го ограничува маневарскиот простор за финансирање на нови и посериозни економски реформи и мерки. Исто така, не треба да се заборави и големиот неплатен долг на државата кон приватниот сектор, кој според некои неофицијални проценки достигнува до една милијарда евра. Тоа се огромни пари кои бизнисмените, кои досега беа чудно тивки на оваа тема, сега сигурно ќе почнат погласно да ги бараат од новата власт. СДСМ, како најголема партија, ветуваше дека сите мерки кои ќе ги носи ќе бидат во договор и консултацијата со бизнисмените, посебно домашните компании, кои веќе јавно побараа дека ќе инсистираат и тие да добиваат извозни стимулации слично како за странските инвеститори, но исто така и на поповолни кредити преку Македонската банка за поддршка за развојот (МБПР) за обновување на нивните застарени производни капацитети. Ако на тоа се додаде и податокот дека во следните три години Македонија треба да враќа кредити кон странство во износ од околу 900 милиони евра, легитимно се поставува дилемата како новата власт ќе успее да најде пари за да ги финансира сите тековни потреби и обврски и како ќе обезбеди пари за сите нови и предизборно ветени мерки и политики. СДСМ, како најголема партија, ветуваше зголемување на даноците, посебно за најбогатите, но оваа мерка нема да има некој поголем фискален приход во буџетот, чиј најголем полнач е данокот на додадена вредност (ДДВ). Повеќе од јасно е дека новата влада ќе мора најпрво внатре во државната каса да ги пронајде резервите и да ги скрати сите оние нерационални ставки кои беа нереално напумпани во изминатиов период. Но, експертите предупредуваа дека кратењето на државните расходи мора да се прави многу паметно и бавно, за да не се предизвика дополнителна контракција и забавување на економската активност. Ако се знае дека над 60% од буџетот на Македонија се троши за социјални трансфери и плати на јавна администрација, кои се ставки кои се загарантирани и поткрепени со закон, тогаш повеќе од јасно е дека прво како и досега ќе страдаат капиталните расходи и инвестициите во инфраструктура, што од друга страна може да ја забави економската активност, посебно градежниот сектор кој досега најмногу го “билдаше” растот на БДП. nnn
Капитал број 918 02.06.2017
16
www.kapital.mk
ЛУЃЕ И КОМПАНИИ
КОЛКУ ЗАРАБОТУВААТ ДИРЕКТОРИТЕ НА АКЦИОНЕР
САМО 2 - 3 КОМПАНИ ОБЈАВУВААТ ПЛАТИ ЧЛЕН ОД ТОП МЕНАЏ
www.kapital.mk
РСКИТЕ ДРУШТВА ВО МАКЕДОНИЈА
ИИ ЈАВНО ГИ ИТЕ НА СЕКОЈ ЏМЕНТОТ
Капитал број 918 02.06.2017
17 Да се дознае колку заработуваат директорите на македонските акционерски друштва е прилично тешка работа, затоа што податоци за годишните примања на врвното раководство - односно на секој од членовите на управните и надзорните одбори, во земјава даваат едвај 2 - 3 компании. Од она што како збирен податок го даваат повеќето друштва во своите извештаи се гледа дека примањата на топ менаџментот не се пониски од 30 - 40.000 евра годишно, па до 150 - 200.000 евра кај најмоќните фирми, со таа забелешка дека постои прилична дискрепанца помеѓу вкупната заработка на странските менаџери на чело на големите инвеститори во земјава и оние на останатите компании. пишува:
П
Игор Петровски
igor.petrovski@kapital.mk
Приход од безмалку 50.000 евра годишно може да ви донесе претседателство со одбор на директори на компанија во земјава, а воопшто и да не сте менаџер или пак вработен во акционерското друштво. Ова е највисоката сума што ја сретнавме како јавно достапен податок за примање на член на управен одбор или борд на директори кој што не е на извршна функција во една компанија котирана на берза, во случајов Македонски телеком и претседателот на Одборот на директори, Панче Кралев, поранешен министер за образование во една од владите на Никола Груевски, кој што за оваа функција добива
www.kapital.mk
Капитал број 918 02.06.2017
18
ЛУЃЕ И КОМПАНИИ
Од поголемите акционерски друштва само Макпетрол, Скопски пазар и НЛБ банка јавно објавуваат колку точно во 2016-та заработил секој член на управниот одбор. Највисока заработка има првиот човек на нафтената компанија, Андреја Јосифовски, од 165 илјади евра нето, пред Антонио Аргир од НЛБ со 126 илјади евра во бруто износ, и Сашо Давитковски од Скопски пазар со 67,5 илјади евра плати, дивиденди и други надоместоци во бруто износ. месечен надомест од 4.000 евра. Системот на управување на оваа компанија е т.н. едностепен, односно има еден одбор на директори, без надзорен одбор, каде што членуваат главниот извршен директор на компанијата и главниот оперативен директор како извршни членови, уште осум неизвршни членови, меѓу кои и претседателот на бордот и неговиот заменик, како и четири независни членови, во чии редови има експерти, професори, но и висок партиски функционер, што е вообичаена пракса во компанијата каде што државата поседува 35% од акциите. Во годишниот извештај за работењето на компанијата во 2016 година се наведува дека заменик претседателот на Бордот добива 3.000 евра месечен надомест, додека сите останати членови добиваат по
1.200 евра месечно. Македонски телеком ја има објавено и вкупната сума на примања на топ менаџментот, кој што во случајов не треба да се меша со Одборот на директори каде што истовремено членуваат и двајцата највисоки менаџери, главниот извршен директор Андреас Елснер и главниот оперативен директор Жарко Луковски. На компанискиот веб сајт може да се види дека во менаџерскиот тим има уште шест секторски директори, а вкупниот износ на, како што го нарекуваат, надоместокот за клучно раководство, изнесува 2,47 милиони евра. Кој колку зема поединечно, не е достапно како податок за јавноста. Во годишниот извештај, пак, на Дојче Телеком, компанијата сопственик на Македонски телеком, наведени се годишните примања и на секој член на директорскиот борд
посебно, па така, во 2016 година претседателот на бордот Тимотеус Хетгес вкупно заработил 4,2 милиони евра, додека останатите членови се движат во рангот од 1,5 до 2,5 милиони евра. Вкупниот износ на плати и надоместоци за седумчлениот борд на директори на Дојче Телеком за 2016 година е 16,75 милиони евра, во однос на 17,5 милиони евра за годината претходно.
Банкарите меѓу најплатените директори
Сумата од безмалку 2,5 милиони евра за годишна плата и надоместоци за топ менаџментот на Телеком е највисока меѓу јавно достапните податоци што можевме да ги најдеме во годишните извештаи на македонските акционерски друштва за 2016 година. Но, основа за компарации и некакви заклучоци за тоа кој, каде, колку
НАГРАДА: ПОМЕЃУ 5 И 10 ИЛЈАДИ ЕВРА МЕСЕЧНО ИЗНЕСУВААТ ВКУПНИТЕ ПРИ
www.kapital.mk
Капитал број 918 02.06.2017
19 точно заработува во моментов во земјава не може да се направи затоа што на прсти од една рака се бројат фирмите коишто детално објавуваат износи на заработка за своите топ менаџери поединечно. Некои ја објавуваат вкупната сума на примања на членовите на управниот одбор (УО) и надзорниот одбор (НО) заедно, без податоците за останатиот дел од топ менаџментот; други објавуваат посебно за членовите на УО и НО, повторно без сумата за останатиот дел од менаџментот; кај некои пак, кон примањата на членовите на УО додадени се и примањата на целиот менаџерски тим; Со оглед на тоа што примањата на главниот извршен директор, кој што во голем број случаи во македонската пракса е и претседател на УО, може да бидат по неколку пати повисоки од оние на останатите топ менаџери, не би било релевантен податок да се вадат некакви просеци и сл. Во секој случај, во банкарскиот сектор можевме да забележиме во просек највисоки износи на плати и награди за менаџерските тимови. На пример, во случајот на Стопанска банка – Скопје, расположив е податокот дека вкупно за плати и надоместоци на членовите на УО којшто брои 4 членови на чело со претседателот и главен извршен директор Диомидис Николетополус, во бруто износ за 2016 година биле издвоени 458 илјади евра, додека за категоријата “други лица со посебни права и одговорности“ каде што влегуваат 30 лица: сениор директори, секторски директори и заменици секторски директори, како и директори за специјални прашања, вкупната сума за плата и награди изнесува нешто над еден милион евра. Кај Комерцијална банка, пак, вкупниот износ на бруто платите на УО и менаџерскиот тим се околу 2,1 милиони евра. Во УО на банката се тројца членови, на чело со претседателот и генерален директор Хари Костов, додека топ менаџерскиот тим е составен од 15 секторски директори. Кога сме кај банкарскиот сектор, во Охридска банка Сосиете Женерал, ја даваат јавно вкупната бруто сума за плати и надоместоци на членовите на УО и НО, која е 762 илјади евра. Банката има четири членови на УО, на чело со извршната директорка Бранка Павловиќ, и пет членови на НО. Членовите на НО добиваат по 15.000 денари месечен надомест за своето учество во седниците.
Највисоката заработка јавно објавена е 165 илјади евра годишно
До пред само некоја година, единствена компанија што јавно објавуваше колку заработуваат членовите на нејзиниот управен одбор (УО) по име и презиме беше Макпетрол, а потоа се приклучи и Прилепска пиварница. Во најновите достапни годишни извештаи, оние за 2016та, детални податоци за примањата на раководството на компаниите сретнавме
И ЧЛЕНСТВАТА ВО НАДЗОРНИТЕ ОДБОРИ НОСАТ УБАВА ЗАРАБОТКА
В
о надзорните одбори (НО) на акционерските друштва (АД) обично членуваат претставници на акционерите, вработените, надворешни независни членови, но и на други засегнати групи, т.н. “стејкхолдери“. Задача на НО, како што вели проф. Коевски, стручњак за трговско право, е да ја контролира работата на УО, и не е директно инволвиран во секојдневното работење на АД, освен во исклучителни случаи. Надзорниот одбор не треба да управува со компанијата, но тој ја одобрува стратегијата за развој, а за да го направи тоа треба да е добро запознаен со бизнисот на фирмата и да е стручен. Надзорниот одбор ги одобрува и финансиските планови и другите планови за работа и дотолку повеќе е поголема неговата одговорност, велат експертите за корпоративно управување. Членовите на НО многу пати се блиски до менаџментот, практично менаџментот ги бира, а не обратно, како што треба. Во двостепените системи на управување тие го
бираат управниот одбор. Формално тоа е така, но најчесто менаџментот ги предлага, па не е многу јасно кој кому одговара. Инаку, месечниот надомест што членови на НО во поедини компании го земаат за својата активност не е за потценување и често изнесува колку една одлична плата во Македонија. На пример, во Реплек, четирите членови на НО земаат годишно во просек по околу 12.700 евра, што е околу 1.000 евра месечно, за одржани шест седници во годината. Тројцата членови на НО во Алкалоид земале просечен годишен надомест од 22.800 евра, или по околу 1.900 евра месечно, а одржале девет седници во 2016. Други компании даваат поскромни износи за членство во нивните НО. Во Макпетрол, четирите членови на НО добиле по околу 5.800 евра во 2016, или околу 500 евра месечно, Во Комерцијална банка по 340 евра седумте члена на НО со 12 одржани седници, во Македонија турист петте членови на НО добиле по околу 300 евра месечно, во Жито Лукс исто така по 300 евра, итн.
ИМАЊА НА ШЕФОВИТЕ ВО ГОЛЕМИТЕ АКЦИОНЕРСКИ ДРУШТВА ВО ЗЕМЈАВА
www.kapital.mk
Капитал број 918 02.06.2017
20
ЛУЃЕ И КОМПАНИИ
само за Макпетрол, Скопски пазар и НЛБ банка. Андреја Јосифовски, претседател на УО и генерален директор на најголемиот трговец со нафтени деривати во државава, лани земал 123 илјади евра нето плата плус 18,3 илјади евра и по основ на други права. Но, тој како комплементар во командитното друштво Оилко заработил уште 23,4 илјади евра, што на крајот му носи вкупно 165 илјади евра заработка во 2016 година, или за девет илјади евра помалку во однос на 2015-та. Зад него е членот на УО и висок менаџер во Макпетрол, Саша Лекиќ, со вкупно 74 илјади евра заработка, за 5 илјади евра помалку од годината претходно. Во НЛБ кога ќе се собере сè, најмногу во 2016 година заработил членот на УО Љубе Рајевски, којшто во бруто износ, со плата, осигурување и сите додатоци, добил 132 илјади евра, додека претседателот на УО, Антонио Аргир бил награден за својата работа со 126,5 илјади евра. Третиот член на УО, Словенецот Дамир Кудер заработил 116,6 илјади евра лани, вкупно во бруто износ, со сите додатоци. Во Скопски пазар, претседателот на УО и генерален директор, Сашо Давитковски, минатата година на име плати, дивиденди и други надоместоци, заработил 67,5 илјади евра, пред членот на УО и директор на сектор во компанијата, Тошо Давитковски, со 41 илјади евра, Предраг Милосављевиќ, претседател на НО и директор во компанијата со 35 илјади евра, итн. Од она што го имаме како податок за плати на топ менаџмент и членови на УО на поголемите акционерски друштва, ги издвојуваме нето годишните примања на членовите на УО, пет на број, во вкупен
износ од 181 илјади евра; во Жито Лукс платите и надоместоците на членовите на УО и НО се 182 илјади евра. Компанијата има шест членови на УО и пет на НО. Членовите на УО земаат и месечен надомест за учество во седниците на одборот во износ од 195 евра, додека оние на НО земаат по 300 евра секој. Кај некои компании, како на пример Алкалоид, членовите на УО не земаат посебно надомест за членство во УО и учество на седниците, додека оние на НО, којшто брои три членови, земаат вкупно заедно 68,5 илјади евра за својата активност и учество на седниците. Во Македонија турист платите на раководството се водат како “трансакции со клучен менаџерски персонал“, но на нивната веб страница немаат податок колку луѓе имаат во топ менаџментот. Се знае само дека имаат тројца членови на УО и пет на НО. Менаџерскиот тим лани земал вкупно 415 илјади евра награда за својата работа, додека просечниот надомест на член на НО е 3.900 евра годишно. Во Триглав осигурување, којшто има одбор на директори со три извршни и пет неизвршни членови, вкупната сума на примањата на извршните членови е 240 илјади евра, додека неизвршните членови добиле вкупно надоместоци од 17,3 илјади евра. Во вториот по големина осигурител на пазарот, Македонија осигурување, има УО со три и НО со пет членови, а менаџерскиот тим брои 10 члена. Компанијата јавно објавува вкупен износ на надоместоци по сите основи за членовите на УО, НО и менаџерскиот тим, од 640 илјади евра за 2016 година. Прилепската прехранбена фабрика Витаминка во 2016 на клучниот раководен кадар, како што вели, му исплатила вкупно 824 илјади евра, а одборот на директори на компанијата брои пет члена, на чело со претседателот Симон Наумоски, и неговиот син Сашо Наумоски како генерален извршен директор. Нивните сограѓани, Прилепска пиварница, на членовите на УО и НО, им исплатиле во бруто износ вкупно 453 илјади евра. Членови на УО има седум, на чело со Кирил Самарџиоски како претседател и неговиот син Сашко Самарџиоски како генерален директор, додека надзорниот одбор брои тројца луѓе.
Платите на секој директор поединечно биле деловна тајна
До неколку поголеми домашни акционерски друштва испративме прашање зошто не ги објавуваат платите на своите топ менаџери и надоместоците на членови на надзорните одбори, за секој поединечно. Од сите добивме одговор дека законската обврска за известување ја исполнуваат со тоа што ја објавуваат вкупната сума на издвоените пари за плати и надоместоци на раководството, иако во член 384 од Законот за трговски друштва (ЗТД) јасно стои дека “во годишниот извештај на друштвото се објавуваат и примањата на секој извршен член на одборот на директори и на член на управниот одбор (плата, надоместоци на плата, бонус, осигурувања и други права), односно надоместокот на неизвршните членови на одборот на директори и на членовите на надзорниот одбор“. Фирмите велат дека платите на секој директор поединечно се деловна тајна на компанијата. Правниците кои што ги консултиравме околу ова, велат дека доколку не е предвидена казнена одредба во законот за необјавување на податоците за плати и надоместоци, а во случајов не е, тогаш практично и нема санкција за оние компании што така се однесуваат. А, за тоа зошто и колку акционерите на годишните собрание бараат или не бараат јавно објавување на платите на топ менаџментот, експертите за трговско право велат дека од акционерската структура во друштвата зависи дали воопшто акционерите ќе реагираат на годишните собранија за било која ставка што е наведена во извештајот за компаниското работење. “Ако сте акционер што е вработен во компанијата, или поранешен акционер па сега вашето дете работи во фирмата, зошто би си правеле проблем прашувајќи работи кои што раководството не сака да ги открива. Во добар дел акционерски друштва, менаџментот, дури и да не поседува значителен дел од акционерскиот капитал, го контролира потребниот број гласови за да може секој годишен извештај мазно да помине на собранието.“, изјави за Капитал професорот по трговско право Горан Коевски. nnn
СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ НА КАПИТАЛ | ЈУНИ 2017
WWW.KAPITAL.MK
ТОП БАНКИ ЗА 2016
БАНКИТЕ ПРАВАТ ПРОФИТ И КОГА НА ЕКОНОМИЈАТА И ОДИ ЛОШО ПРОФИТОТ НА БАНКИТЕ НАДМИНА НАД 100 МИЛИОНИ ЕВРА, НАЈГОЛЕМ ОД 2008 ДОСЕГА
INTERVIEW
ВЛАДИСЛАВ ХАЏИДИНЕВ
ГЛАВЕН ДИРЕКТОР ЗА ФИНАНСИИ (CFO), ЧЛЕН НА УПРАВНИОТ ОДБОР И ИЗВРШЕН ДИРЕКТОР
ОЧЕКУВАМЕ РАСТ НА МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА И КРЕДИТИРАЊЕТО
ЗОНА 24/7 “БАНКАРСТВО НА КЛИК” -МОДЕРНИЗАЦИЈАТА НА БАНКАРСТВОТО НЕ Е ТРЕНД, ТУКУ ПОТРЕБА НА СОВРЕМЕНИОТ ЧОВЕК
СТОПАНСКА БАНКА АД БИТОЛА ОСТВАРИ ПОЗИТИВЕН ФИНАНСИСКИ РЕЗУЛТАТ
БАНКИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА СО АКТИВА ОД РЕЧИСИ 7 МИЛИЈАРДИ ЕВРА КОЈ Е КОЈ ВО БАНКАРСКИОТ СЕКТОР?!
ГАРАНТИРАНИ И ТРАНСПАРЕНТНИ КАМАТНИ СТАПКИ ОВОЗМОЖУВААТ СИГУРНОСТ ЗА ИНВЕСТИРАЊЕ И ЗАШТЕДА
Капитал број 918 02.06.2017
22
www.kapital.mk
БАНКИТЕ И БИЗНИСОТ
БАНКИТЕ ПРАВАТ ПРОФИТ И КОГА
ПРОФИТОТ НА БАНКИТЕ НАДМИН НАД 100 МИЛИОНИ НАЈГОЛЕМ ОД 2008 ДОСЕГА
В
Вкупно 102,8 милиони евра заработија сите банки во земјава во 2016 година и тоа е зголемување на профитот за 36,3% на годишно ниво, покажуваат податоците на Народната банка. Најголем дел од добивката ја направија групата големи банки. Тие имаат профит од 89,5 милиони евра. Средните банки ја завршија 2016 година со добивка од 11,8 милиони евра, а дури и малите банки кои што последните неколку години
книжеа загуби, лани прикажаа добивка од 1,5 милиони евра. Профитабилноста на банкарскиот сектор мерена преку коефициентот на поврат на капиталот (ROE) изнесува 13,6% што е на ниво од 2008 година пред почетокот на глобалната финансиска криза. Зголемените добивки на банките во најголем дел се резултат на зголемувањето на приходите од камати од одобрените кредити при намалување на трошоците за камати за примените депозити.
www.kapital.mk
Капитал број 918 02.06.2017
23
СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ
75,4
Профит на банкарски сектор (милиони евра) извор: Народна банка
2008
2009
2010
37,6 2011
23,8
19,2
37,5
27,3
51,2
55,4
НА И ЕВРА,
102,8
А НА ЕКОНОМИЈАТА И ОДИ ЛОШО
2012
2013
2014
2015
2016
фото: freepik.com
www.kapital.mk
Капитал број 918 02.06.2017
24
БАНКИТЕ И БИЗНИСОТ
пишува:
Александар Јанев
aleksandar.janev@kapital.mk фотографија:
С freepik.com
Сите банки во земјава лани заработија вкупно 102,8 милиони евра и тоа е зголемување на профитот за 36,3% на годишно ниво, покажуваат податоците што на Народната банка. Најголем дел од добивката ја направија групата големи банки. Тие имаат профит од 89,5 милиони евра. Средните банки ја завршија 2016 година со добивка од 11,8 милиони евра, а дури и малите банки кои што последните неколку години книжеа загуби, лани прикажаа добивка од 1,5 милиони евра. Остварениот финансиски резултат, за една третина повисок во споредба со 2015 година, направен во услови на домашната политичка нестабилност и забавениот
економски раст, најмногу произлегува од намалувањето на трошоците на банките. Каматните расходи бележат позначително намалување, при скромен раст на каматните приходи, што е особено видливо при одобрувањето на кредити за секторот "домаќинства". Освен тоа, дел од зголемувањето на добивките се должи и на намалување на исправката на вредноста на преземените нефинансиски средства. Повисоката добивка за 2016 година, директно влијаеше на подобрување на показателите за профитабилноста и ефикасноста на банкарскиот сектор. Стапките на поврат на просечната актива и на просечниот капитал бележат континуиран раст во изминатите неколку години и за 2016 година изнесуваат 13,6% и 1,5%, соодветно, што претставува зголемување од една третина споредено со 2015 година. Ова се највисоки показатели за профитабилност на банките од 2008 година наваму, од кога почна глобалната финансиска криза. Анализирано по одделни банки, само две банки ја завршија годината со загуба. Трите најмали банки прикажаа позитивен финансиски резултат, за првпат во последните десетина години. „Во услови на послабо развиен финансиски пазар, одржувањето профитабилен банкарски систем е особено значајно,
имајќи предвид дека задржаната добивка игра важна улога во самоодржливоста на капиталот, и одржување на финансиската стабилност“, пишува во годишниот извештај за банкарскиот сектор на Народната банка.
Најпрофитабилни банки
Ако се анализираат финансиските извештаи на банките што котираат на Берзата, најпрофитабилна банка лани е Стопанска банка со добивка од 36,4 милиони евра. Добивката на оваа банка е зголемена за 16,8% во споредба со 2015 година. „Овие резултати се остварени во согласност со деловната политика на Банката, во опкружување исполнето со многу предизвици кои произлегуваат од глобалниот и домашниот амбиент. Клучни фактори за остварување на овие перформанси се дефинираната бизнис стратегија, прудентното управување со ризиците и јасен фокус на исполнување на деловните цели“, пишува во објаснувањето на финансиските резултати на Стопанска банка. Нето приходите од камата изнесуваат 59,1 милиони евра и се зголемени за 7,9% во однос на претходната година, а како што објаснуваат од Стопанска тоа е резултат на зголемените салда на користени кредити. Приходите од провизии и надомести, пак, изнесуваат 17,1 милиони евра и се поголеми за 1,83% во споредба со 2015 година, додека пак расходите по овој основ се зголемени
ФАКТ: ПРОФИТОТ НА БАНКИТЕ ЗГОЛЕМЕН ЗА 36,3% ЗА ЕДНА ГОДИНА
www.kapital.mk
Капитал број 918 02.06.2017
26
БАНКИТЕ И БИЗНИСОТ Финансиски резултати Стопанска банка НЛБ Тутунска банка Комерцијална банка Охридска банка Уни банка ТТК банка Стопанска банка Битола Централна кооперативна банка
Добивка
Годишна
(милиони евра) 36,40 25,70 12,70 7,10 2,30 1,40 0,50 0,02
промена (%) 16,80 89,80 48,40 8,90 74,90 119,50 283,40 /
за 2,41% и изнесуваат 1,6 милиони евра. Стопанска банка бележи зголемување и на останатите приходи од банкарската дејност, од курсни разлики и од тргување. Вкупната актива на Стопанска банка достигна 1,4 милијарди евра, што претставува пораст од 1,49% во однос на претходната година. Втора на листата најпрофитабилни банки за 2016 година е НЛБ Банка, со добивка од 25,7 милиони евра, што е дури 89,8% повеќе отколку во 2015 година. „НЛБ Банка АД Скопје работеше согласно усвоената Деловна политика на Банката за 2016 година, прилагодувајќи го тековното работење на економските и пазарните услови во земјата. Банката ги оствари сите планирани оперативни и финансиски цели, при што зачувана е високата ликвидност, стабилност и солвентност“, пишува во објаснувањето на резултатите на НЛБ. Банката бележи зголемување на нето каматните приходи за 12,2% споредено со истиот период од претходната година, при што приходите од камати се повисоки за 5,3%, главно поради повисока состојба на кредити од население при пониски каматни стапки како и повисоки инвестиции во хартии од вредност. Расходите по камати се пониски за 12,7%. Билансот на успех на НЛБ покажува раст и на приходите од провизии за 2,8 како резултат на остварен пораст во доменот на картичното работење, повисоки приходи од платен промет во земјата, како и поради повисоки приходи од зголемениот број на трансакциски сметки, електронско банкарство и лично банкарство и повисоки приходи од провизии од продажба на полиси. Билансната сума на НЛБ на крајот на 2016 година достигна 1,16 милијарди евра што е за 3,4% во однос на 2015 година што главно се должи на порастот на депозитите. Со д о б и в ка о д 12 , 6 ми л и о н и е в р а ме ѓ у најпрофитабилните банки е Комерцијална банка.
ФАКТ: САМО ДВЕ ОД ВКУПНО 15 БАНКИ СО ЗАГУБИ ЛАНИ
www.kapital.mk
Капитал број 918 02.06.2017
28
БАНКИТЕ И БИЗНИСОТ
Профитот на оваа банка е зголемен за 48,4% споредено со 2015 година. „Остварената добивка пред исправка на вредност, која претставува показател за оперативната способност на Банката да ги покрива расходите од работењето е за 4,4% повисока во однос на 2015 година што се должи во најголем дел на зголемувањето на останатите приходи од дејноста и нето приходите по основ на курсни разлики, при истовремено намалување на останатите расходи од дејноста и амортизацијата“, пишува во објаснувањето на резултатите на Комерцијална банка. Вкупните приходи од работењето изнесуваат 76,2 милиони евра и бележат зголемување од 2,7% во однос на минатата година. Нето приходите од камата претставуваат основна компонента во формирањето на вкупните приходи од работењето и се намалени за 3,1% а планот е исполнет со 97,2%. Намалени се и нето приходите од провизии и надоместоци коишто изнесуваат околу 14 милиони евра и планот е остварен со 95,6%. Кај Комерцијална банка, растат нето приходите од курсни разлики каде што планот е остварен со 122,3%, и останатите приходи од работењето на Банката кои бележат зголемување од 66,4% главно како резултат на повеќе наплатени претходно отпишани побарувања и остварена поголема капитална добивка од продажба на преземен имот по основ на ненаплатени побарувања споредено со минатата година. „И покрај планираното натамошно влошување на кредитите на правни лица, нето исправката на финансиските средства за 2016 година е зголемена и како резултат на неочекувано влошување на состојбите кај одредени корпоративни клиенти“, објаснуваат од Комерцијална. Големата четворка во банкарскиот сектор ја заокружува Охридска банка која што во 2016 година направи профит од речиси 7,1 милиони евра, што е 8,9% повеќе отколку во 2015 година. Нето приходите од камати на крајот од декември 2016 година изнесуваат 18,8 милиони евра и забележуваат пораст од 16,6% во споредба со 2015 година со реализација над планот од 11,5%. „Притоа приходите од каматите се зголемени за 5,4%, додека пак каматните трошоци забележуваат намалување за 18% како резултат на прилагодување на каматните стапки на депозитите на клиентите, додека во исто време се намалени трошоците по основ на камати за финансирање од меѓународни финансиски институции поради намалување на состојбата согласно редовнa отплатa на достacани рати“, пишува во објаснувањето од Охридска банка. Во анализираниот период, нето приходите од провизии и од надоместоци се зголемени за 3,1%, со реализација на планот од 87,3%. Нето приходите од курсни разлики се зголемени за 2,8% во споредба со истиот 2015 година, со реализација над планот за соодветниот период од 19%. „Намалување има скоро кај сите видови трошоци , како резултат на воспоставениот процес за зголемување на ефикасноста со прилагодување на бизнис моделот и оптимизација на трошоците. Додека пораст има само кај елементите кои се поврзани со зголемување на активностите и прометот, како што се картичното работење и порастот на премијата за осигурување на
депозити поврзани со порастот на депозитната база“, објаснуваат од Охридска банка.
Средните и малите банки стануваат попрофитабилни
УНИ Банка минатата година ја заврши со добивка од 2,3 милиони евра што споредено со 2015 година е зголемување за 74,9%. „Остварениот позитивен финансиски резултат се должи пред се на значителниот пораст на нето приходите од камати и нето повратот на исправката на вредност на финансиските средства. Банката во 2016 година делуваше во согласност со приоритетните цели и задачи дефинирани во Бизнис планот. Клучна цел беше остварување на максимален профит преку оптимално ангажирање на изворите на средства во сигурни и профитабилни пласмани, земајќи ги предвид и ризиците во домашната економија и надворешното опкружување“, образложија од Банката во известувањето доставено до Берзата. Нето каматните приходи како најзначаен елемент на нето банкарскиот приход се на 9,1 милиони евра или за 11%. „Приходите од камати се зголемени како резултат на порастот на кредитното портфолио, додека расходите за камати го задржуваат истото ниво и покрај поголемиот обем на депозити како резултат на пониските пасивни каматни стапки“, објаснуваат од УНИ Банка. Нето активата на банката до крајот на декември лани е на ниво од 232,5 милиони евра што значи зголемување на истата за 11,6% во однос на 2015 година. ТТК Банка во 2016 година оствари добивка од речиси 1,4, и во споредба со 2015 година е зголемена за 119,5%. „ТТК Банка АД Скопје во 2016 година дејствуваше во насока на остварување на своите приоритетни цели и задачи дефинирани во Деловната политика и во Финансискиот план на Банката, при што во текот на периодот го прилагодуваше своето работење на тековните економски и пазарни услови на стопанисување. Банката лани оствари двојно повисок финансиски резултат“, објаснија од ТТК Банка. Финансискиот извештај покажува дека Банката генерирала повисок оперативен приход за 9,2%, а истовремено и заштеда на оперативните трошоци за 8,7% споредено со истиот период минататa година, со што оперативната ефикасност бележи годишен пораст од 53,4%. Стопанска банка Битола во 2016 година има добивка од приближно половина милион евра. „Главниот акцент во работењето на Стопанска банка Битола беше ставен врз остварување на клучните стратегиски и деловни цели дефинирани во Деловната политика, развојниот и финансискиот план на Банката. Притоа, Банката го приспособуваше своето работење на промените во економските услови, модерните банкарски текови и глобалните пазарни случувања. Следствено на остварувањата кај клучните плански позиции и наплатата на претходно отпишани побарувања, нето-добивката за 2016 година беше значително поголема од планираната“, објаснуваат од Стопанска банка Битола. Тие образложуваат дека позитивниот финансиски резултат е направен во услови на отежнати услови на стопанисување во домашната економија, како и бавно заздравување на глобалната
ТРЕНД: ПРОФИТАБИЛНОСТА НА БАНКИТЕ НАЈВИСОКА ОД 2008 ГОДИНА ДОСЕГА
НЛБ Visa кредитни картички
За безброј можности и нови доживувања! Аплицирајте за НЛБ Visa кредитните картички до 15 - ти јуни и искористете ги промотивните поволности! Без членарина за првата година на користење и бесплатна годишна полиса за патничко осигурување за сите апликации за НЛБ Visa кредитна картичка (Visa Classic или Visa Gold) во периодот од 15.05.2017 до 15.06.2017 година. Без членарина за следната година на користење за сите нови и постојни корисници на НЛБ Visa кредитните картички кои ќе направат најмалку 10 ПОС трансакции во промотивниот период.
www.nlb.mk
Контакт центар: 02/15-600
РЕПРЕЗЕНТАТИВЕН ПРИМЕР: Кредитен лимит: 50.000 мкд, износ на купениот производ со Visa Classic кредитна картичка: 10.000 мкд, расположливо салдо: 40.000 мкд. Износот од 10.000 мкд ќе го враќате со месечна отплата од 5%, со променлива каматна стапка од 11,75%. Вкупен износ за враќање: 11.330 мкд, вкупен износ за камата: 1.330 мкд.
www.kapital.mk
Капитал број 918 02.06.2017
30
БАНКИТЕ И БИЗНИСОТ
економија од неодамнешната финансиската криза. Нето приходите од камати се повисоки за 13,32% во однос на остварувањето од минатата година главно како резултат на повисоки нето приходи од камати од домаќинства следствено на зголеменото кредитирање на овој сегмент на клиенти. „Во услови на зголемен обем на кредитни работи и работи во платниот промет, зголемен обем на работа со платежни картички, распространета мрежа на дистрибуција, како и поради растот на бројот на клиенти, приходите од провизии се зголемени за 5,92% во однос на 2015 година. Порастот на расходите за провизии и надоместоци главно е генериран од воведувањето нов производ – Master Card чии ефекти во идниот период ќе се рефлектираат на приходната страна“, велат од Стопанска банка Битола. Годишен раст од 19% е регистриран во позицијата нето курсни, а останатите приходи од дејноста се повисоки за 30,91% како резултат на остварени капитални добивки од продажба на преземен имот, приходи по основ на наплатени отпишани побарувања евидентирани на вонбилансна евидeнција, како и поголеми приходи од дивиденди во согласност со одлуките на издавачите на хартиите од вредност за распределба на добивката. Како резултат на зголемениот обем на работа, проширувањето на мрежата на дистрибуција, како и поради зголемениот број вработени луѓе, трошоците за вработени бележат раст од 19,11%, останатите расходи од дејноста се зголемени за 3,85%, а амортизацијата останува приближно на исто ниво како во 2015 година. Најмала добивка од банките кои што доставуваат финансиски извештаи до Берзата, лани оствари Централна Кооперативна банка, од само 20 илјади евра, меѓутоа значајно е тоа што оваа банка ги надмина загубите карактеристични од претходните години. „Генерално, одредени индикатори во 2016 година укажуваат на подобрена оперативна ефикасност на Банката, гледано преку намалените останати расходи, подобрените нето приходи од камата и од провизии и надоместоци, како и подобрените останати приходи од дејноста. Видливо е подобрување на финансискиот резултат во однос на истиот период минатата година, при пораст на кредитното портфолио и пораст на депозитите од небанкарскиот сектор“, објаснуваат од Централна Кооперативна банка. Зголемувањето на нето каматниот приход за 5,97% во однос на нивото од 2015 година, Банката успеа да го оствари со прибирање извори на средства со пониска камата, а расходите за камати во четвртото тримесечје на годината се за 9,78% пониски во однос на истиот период минатата година.
Каква ќе биде 2017 година за банките?!
Банкарите очекуваат дека макроекономските услови во кои ќе работат годинава ќе бидат постабилни и со помала неизвесност во споредба со 2016 година. Растот на македонската економија, по забавувањето во 2016 година, се предвидува дека повторно ќе забрза. Се очекува и стабилизација на политичката ситуација со што ќе се зголеми
предвидливоста за идните економски случувања. Од Комерцијална банка очекуваат во претстојниот период да ги преземат сите неопходни активности за остварување на зацртаните цели и задачи. „Банката ќе биде фокусирана пред се’ на подобрување на квалитетот на портфолиото. Растот на кредитната активност на Банката се очекува да биде умерен, при што не се планираат значителни промени во структурата на активата. Исто така не се планирани значителни промени во структурата на изворите на финансирање, така што депозитите на нефинасискиот сектор и натаму остануваат со доминантно учество во вкупните извори на средства“, велат од Комерцијална. Од Охридска банка велат дека во следниот период ќе се ангажираат согласно мерките и активности за реализирање на стратешките и на деловни цели поставени со Развојниот план и со Деловната политика на Банката. „Банката останува насочена кон постигнувањето одржлив и профитабилен раст со освојување дополнително пазарно учество во таргетираните пазарните сегменти, крупни домашни и меѓународни претпријатија, добро позиционираниот дел на МСП-сегментот, индивидуални и ВИП-клиенти вработени во добростоечки претпријатија, вработени во јавна
администрација. Во оваа насока фокусот ќе биде ставен на развивање долгорочни и стабилни односи со постојните и со новите корпоративни и индивидуални клиенти од дефинираните целни групи“, велат од Охридска банка. Банкарите од Охридска банка коментираат дека реализацијата на растот на кредитните пласмани ќе продолжи при што одобрувањето кредити ќе се спроведува со претпазливост, детална процена, соодветно структурирање и избегнување на прекумерен кредитен ризик. Од ТТК Банка велат дека во наредниот период Банката ќе биде насочена кон обезбедување стабилно и профитабилно оперативно работење. „Растот на кредитната активност на Банката се очекува да биде на ниво на планираниот раст на БДП, преку зголемување на уделот на работа со населението во вкупните активности на Банката и задржување на фокусот за работа со мали и средни претпријатија. Потпирањето на сопствените извори на финансирање и понатаму ќе биде основа на деловната стратегија, при што и натаму депозитите од секторот население остануваат со доминатно учество во вкупните извори на средства“, истакнуваат од ТТК и дополнуваат дека во текот на 2017 година Банката ќе продолжи со преземање интензивни мерки и активности за наплата на нефункционалните кредити и подобрување на квалитетот на кредитното портфолио и активности поврзани со продажба на преземениот имот, кои би влијаеле позитивно на финансискиот резултат. Од Стопанска банка Битола велат дека очекувањата за периодот што следува се во насока на постепено стабилизирање на макроекономско опкружување и благо забрзување на домашниот економскиот раст. „Во согласност со Деловната политика, развојниот и финансискиот план, Банката и во идниот период ќе биде фокусирана на понатамошно подобрување на квалитетот на кредитното портфолио и вкупната актива преку засилени активностите за наплата на нефункционални кредити, одобрување нови изложености со прифатливо ниво на ризик и продажба на преземениот имот. Планираното проширување на дистрибутивната мрежа, како и понудата на иновативни производи и услуги, се очекуваат да дадат соодветен придонес кон зголемување на клиентската база и остварување на планираниот раст на депозитниот потенцијал. Врз основа на ваквите активности, динамиката на раст на приходните позиции би била поголема во однос на динамиката на раст на расходите што ќе создаде услови за понатамошно подобрување на финансискиот резултат на Банката“, истакнуваат од Стопанска банка Битола. nnn
ФАКТ: ТРИТЕ НАЈМАЛИ БАНКИ СО ДОБИВКА ПО 10 ГОДИНИ
www.kapital.mk
Капитал број 918 02.06.2017
СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ
31
ЗОНА 24/7
"БАНКАРСТВО НА КЛИК" -МОДЕРНИЗАЦИЈАТА НА БАНКАРСТВОТО НЕ Е ТРЕНД, ТУКУ ПОТРЕБА НА СОВРЕМЕНИОТ ЧОВЕК
Б
Банкарството во „Зона 24/7“ е една од уникатните услуги кои ПроКредит банка ги нуди на сите клиенти, и преку кое постави нови стандарди во банкарската услуга. Со развојот на софтверот на електронско банкарство, сите аспекти од банкарството можат да се дигитализираат во уште поголема полза за клиентите. Денес, светот во кој живееме станува помодерен и подинамичен. Ние како банка знаеме дека за физичките лица успехот на професионално поле бара голем ангажман и посветеност, и затоа инвестираме во модерно банкарство преку автоматизирана услуга која нуди друга алтернатива: услуга од дома или работа, преку електронско банкарство со кое користењето на услугите станува лесно и едноставно. Зоните 24/7, се на сигурни, безбедни и осветлени локации со паркинг и постојан мониторинг. Истите нудат сет банкарски услуги и содржат се што е потребно за едно физичко лице да работи самостојно и да ги има сите банкарски поволности, на само еден клик од себе. Дел од поволностите се: мултивалутна трансакциска сметка,
дебитна картичка поврзана со сите трансакциски и штедни сметки и можност за повлекување и уплата на денари и евра на банкомат, електронско банкарство кое нуди најсигурен начин на извршување на трансакциите, СМС-нотификации и дополнително 0 денари провизија за сите домашни плаќања процесирани преку е-банкарство. ПроКредит банка денес е банка за модерниот човек и развива концепт на „direct banking“, по кој работат светски познатите банки во Европа. Тоа подразбира развој на уште поиновативни онлајн-услуги, опции на електронско банкарство за орочување на депозити, мобилно банкарство и инвестирање во нови банкомати за уплата и исплата на поголеми износи на готовина кои што можат да се најдат во „Зона 24/7“. Сепак, во ПроКредит банка клиентите секогаш имаат персонализирана услуга од советник за клиенти, како и поддршка од контакт-центарот од 08 до 20 часот. Советниците за клиенти во ПроКредит банка се професионалци во својата дејност. Тие се специјално обучени да опслужуваат физички лица кои се во фаза
на инвестирање, или во фаза на креирање заштеди за сигурна иднина. Со нашите советници за клиенти, физичките лица може да ги добијат најсоодветните финансиски совети и најдобрата банкарска услуга во зависност од потребите кои поединечните клиенти ги имаат. Намалувањето на бројот на физички локации не значи и помалку директен контакт со нашите клиенти. Продолжуваме и понатаму со унапредување на личниот контакт со клиентите доделувајќи одговорен Советник за секој поединечен клиент бидејќи човечкиот фактор е за нас несомнено важен и ќе биде секогаш достапен за нашите клиенти кои се движечка сила на нашето работење. nnn
www.kapital.mk
Капитал број 918 02.06.2017
INTERVIEW 32 БАНКИТЕ И БИЗНИСОТ УНИБанка изминатата 2016 година ја заврши со нето добивка од 2,3 милиони евра, што значи остварување на 10% стапка на поврат на капитал (ROE) и тоа е најдобар историски резултат за Банката. Како најзначајни причини за остварувањето на тие резултати ги потенцираме порастот на нетокаматните приходи и подобрувањето на квалитетот на кредитното портфолио.
С
ВЛАДИСЛАВ ХАЏИДИНЕВ
ГЛАВЕН ДИРЕКТОР ЗА ФИНАНСИИ (CFO), ЧЛЕН НА УПРАВНИОТ ОДБОР И ИЗВРШЕН ДИРЕКТОР
ОЧЕКУВАМЕ РАСТ НА МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА И КРЕДИТИРАЊЕТО
о какви резултати во работењето УНИБанка ја заврши изминатата 2016 година и првиот квартал од 2017 година и на што се должат тие? Изминатата 2016 година ја завршивме одлично. Постигнавме нето добивка од 2,3 милиони евра, што значи остварување на 10% стапка на поврат на капитал (ROE) и тоа е најдобар историски резултат за Банката. Нивото на нефункционални кредити го намаливме на ниво од 2%. Активата на банката постигна раст од 12%, достигнувајќи 232 милиони евра. Првиот квартал од 2017 година започна позитивно. Нето кредитното портфолио на Банката од почеток на годината оствари раст од 4%, кој е во согласност со планираната динамика за 2017 година. Нето добивката за овој период достигна 882 илјади евра, што е за 74% повеќе од истиот период минатата година. Како најзначајни причини за остварувањето на тие резултати ги потенцираме порастот на нето-каматните приходи и подобрувањето на квалитетот на кредитното портфолио. Каква година очекувате да биде 2017 година? Колку компаниите бараат кредити и каков тип на кредити најмногу се бараат? Нашето очекување е 2017 година да биде постабилна и попозитивна година од 2016 година. Во нашата бизнис стратегија за годината планираме пораст на кредитното портфолио од 14%, без да го влошиме неговиот квалитет - што значи да не зголемиме нивото на резервации и на нефункционални кредити.
ХАЏИДИНЕВ: 2016 ГОДИНА БЕШЕ ИСТОРИСКИ НАЈДОБРА НА УНИБАНКА
www.kapital.mk
Капитал број 918 02.06.2017
СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ Во однос на барања за кредити, компаниите во последната година и пол имаа сериозен интерес за кредити, иако економијата генерално се соочуваше со некои неизвесности. Бидејќи каматните стапки во банкарскиот систем во овој период се намалуваа, клучен фактор за зголемениот интерес за кредити беше можноста за рефинансирање со пониски каматни стапки. Компаниите бараат кредити на подолги рокови, најчесто со валутна клаузула, како за обртни средства, така и за нови капитални инвестиции. XНародната X банка неодамна ги намали проценките за економски раст годинава на 2,5%, но се планира заживување на економијата во 2018 година. Дали сте оптимисти во поглед на економското заздравување и дали тоа ќе донесе до поголем кредитен раст и што очекувате да биде носител на кредитниот раст? Да, ние во УНИБанка сметаме дека во наредните две години економијата на Р.Македонија ќе зајакне и ова ќе создаде можност за зголемување не само на кредитирањето, но и на другите типови на банкарски услуги. Една од причините за подобрувањето на македонската економија се позитивните очекувања за
повисокиот економски раст во Европа. Зголемувањето на странските директни инвестиции, трговската размена и личната потрошувачка ќе допринесат за поголем кредитен раст и интерес за други банкарски услуги. Во тој контекст ние се фокусираме да развиваме и да нудиме продукти, коишто одговараат на потребите на нашите клиенти. XСо X оглед на економското забавување и неликвидноста во економијата, колку компаниите се ризични за кредитирање и колкав е тој ризик? Како УНИБанка се справува со тие ризици? За среќа, УНИБанка за последните години добро го контролира кредитниот ризик во нашето портфолио. Тоа се должи најмногу, како на нашите политики за кредитирање и за управување на ризик, така и на добро структурираните обврски на клиентите кон банката. Нашиот процес на управување на кредитниот ризик почнува уште при првичната анализа на потенцијалниот клиент. На тој начин се стремиме да работиме со клиенти во добра финансиска кондиција и мислам дека ова е една од клучните причини што успеваме да оддржиме квалитетно кредитно портфолио. Тука треба да се истакне дека УНИБанка ги третира своите клиенти како партнери.
33
Поддржуваме блиска комуникација со клиентите, се стремиме да ги анализираме и разбереме нивните бизниси, за да можеме да допринесеме и помогнеме со индивидуални бизнис решенија. XКако X сметате дека може да се зголеми кредитирањето на компаниите? Дали сметате дека заживувањето на МБПР со одредени гарантни шеми може да го зголеми кредитирањето и да овозможи пристап до поповолни кредити? Кредитирањето на компаниите може да се зголеми кога економските услови станат по прифатливи. На пример, издржани бизнис проекти, отворени странски пазари и зголемена домашна потрошувачка. Се разбира, дека и релативно ниски каматни стапки, што е моментален тренд, го зголемуваа интересот за кредитирањето кај компаниите. Кредитните продукти поврзани со МБПР претставуваат голем интерес за многу од компаниите во Р.Македонија, пред се, поради поволните каматните стапки. Од тој аспект тие продукти може да помогнат за зголемувањето на кредитирањето во државата. Сепак ресурсите од МБПР се лимитирани и ова не дозволува на сите клиенти да имаат пристап до нив. nnn
Капитал број 918 02.06.2017
34
www.kapital.mk
БАНКИТЕ И БИЗНИСОТ
БАНКИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА СО АКТИ
КОЈ Е КОЈ ВО БАНКАРСКИОТ СЕКТОР?!
ФАКТ: НАЈГОЛЕМИТЕ ПЕТ БАНКИ ИМААТ ТРИ ЧЕТВРТИ
www.kapital.mk
Капитал број 918 02.06.2017
СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ
35
ИВА ОД РЕЧИСИ 7 МИЛИЈАРДИ ЕВРА Актива (милиони евра)
Депозити (милиони евра)
КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА
1.622,73
КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА
1.383,28
СТОПАНСКА БАНКА
1.361,62
СТОПАНСКА БАНКА
1.064,68
НЛБ БАНКА
1.144,70
НЛБ БАНКА
903,52
ХАЛК БАНКА А.Д. СКОПЈЕ
615,06
ОХРИДСКА БАНКА
375,46
ОХРИДСКА БАНКА
543,61
ХАЛК БАНКА
357,67
ПРОКРЕДИТ БАНКА
350,46
ПРОКРЕДИТ БАНКА
217,89
ШПАРКАСЕ БАНКА
271,83
УНИВЕРЗАЛНА ИНВЕСТИЦИОНА БАНКА
183,65
УНИВЕРЗАЛНА ИНВЕСТИЦИОНА БАНКА
241,11
ШПАРКАСЕ БАНКА
177,78
СТОПАНСКА БАНКА А.Д. БИТОЛA
174,74
ЕУРОСТАНДАРД БАНКА
117,70
ЕУРОСТАНДАРД БАНКА
156,01
СТОПАНСКА БАНКА А.Д. БИТОЛА
108,32
ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА
133,90
ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА
99,71
ТТК БАНКА
120,38
ТТК БАНКА
85,53
СИЛК РОУД БАНКА
90,31
СИЛК РОУД БАНКА
61,38
КАПИТАЛ БАНКА
52,74
КАПИТАЛ БАНКА
32,09
Кредити за домаќинства (милиони евра)
Кредити за нефинансиски друштва (милиони евра)
СТОПАНСКА БАНКА
647,08 448,31
КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА
587,51
НЛБ БАНКА
НЛБ БАНКА
357,31
КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА
221,22
СТОПАНСКА БАНКА
338,56
ХАЛК БАНКА
181,57
ОХРИДСКА БАНКА
238,22
ОХРИДСКА БАНКА
166,66
ПРОКРЕДИТ БАНКА
226,31
УНИВЕРЗАЛНА ИНВЕСТИЦИОНА БАНКА
103,84
ХАЛК БАНКА
220,98 102,53
ШПАРКАСЕ БАНКА
89,21
ШПАРКАСЕ БАНКА
ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА
65,79
ЕУРОСТАНДАРД БАНКА
84,65
ПРОКРЕДИТ БАНКА
43,39
СТОПАНСКА БАНКА А.Д. БИТОЛА
64,46
СТОПАНСКА БАНКА А.Д. БИТОЛА
40,08
УНИВЕРЗАЛНА ИНВЕСТИЦИОНА БАНКА
55,42
СИЛК РОУД БАНКА
36,30
ТТК БАНКА
31,92
ТТК БАНКА
31,15
КАПИТАЛ БАНКА
23,64
ЕУРОСТАНДАРД БАНКА
20,43
ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА
22,46
СИЛК РОУД БАНКА
22,31
КАПИТАЛ БАНКА
7,66
Сите 14 банки во земјава располагаат со вкупна актива од 6,9 милијарди евра, покажуваат најновите податоци од Народната банка заклучно со март годинава. Уште една банка влезе во групата големи банки, со што сега се вкупно пет, шест банки се рангирани како средни, и три како мали. Вкупното кредитно портфолио на овие банки за домаќинствата
изнесува 2,1 милијарди евра, додека пак за нефинансиските друштва имаат одобрено вкупно 2,4 милијарди евра. Овие банки располагаат со депозитен потенцијал од речиси 5,2 милијарди евра. Капитал ги рангира сите 14 банки според големината на активата, одобрените кредити за граѓани и фирми, како и според депоитниот потенцијал што го имаат.
ИНИ ОД ВКУПНАТА АКТИВА ВО БАНКАРСКИОТ СЕКТОР
www.kapital.mk
Капитал број 918 02.06.2017
36
БАНКИТЕ И БИЗНИСОТ
пишува:
С
Александар Јанев
aleksandar.janev@kapital.mk
Сите 14 банки во земјава располагаат со вкупна актива од 6,9 милијарди евра, покажуваат најновите податоци од Народната банка заклучно со март годинава. Рангирањето на банките според големината на активата, покажува дека најголема банка во земјава е Комерцијална, со вкупна актива од околу 1,6 милијарди евра. Потоа следува Стопанска банка со актива од 1,36 милијарди евра, па НЛБ банка со актива од 1,14 милијарди евра. Четврта најголема банка во земјава стана Халк банка со актива од 615 милиони евра, а големата петорка завршува со Охридска банка со актива од околу 544 милиони евра. Според податоците од Народната банка, шест банки со актива од 130 милиони до 520 милиони евра се рангирани во групата средни банки, додека пак, трите најмали банки имаат актива под 130 милиони евра. Кога станува збор за кредитирањето
на нефинансиските друштва, ранг листата покажува дека лидер е повторно Комерцијална банка со одобрени вкупно 588 милиони евра. Потоа следуваат НЛБ банка со одобрени кредити од 357 милиони евра, Стопанска банка со кредитно портфолио од 339 милиони евра, Охридска со одобрени 238 милиони евра, а првите пет на оваа листа ги заокружува Прокредит банка со одобрени кредити за нефинансиски друштва од 226 милиони евра. Сите 14 банки имаат одобрено вкупно 2,4 милијарди евра за нефинансиските друштва. За домаќинствата, пак, најмногу кредити до март годинава, има одобрено Стопанска банка, и тоа речиси 650 милиони евра. Втора на листата е НЛБ со одобрени речиси 450 милиони евра, потоа следува Комерцијална со околу 220 милиони евра, Халк банка со кредитно портфолио за население од 180 милиони евра и Охридска банка со одобрени 166 милиони евра. Логично, големата петорка доминира на ранг листите според вредноста на кредитното портфолио и за граѓаните и за фирмите, но се зголемува кредитирањето и од помалите банки. Кога е во прашање депозитниот потенцијал, најмногу пари граѓаните и фирмите депонирале во Комерцијална банка и тоа дури 1,4 милијарди евра. Втора на листата според големината на депозитите
е Стопанска банка со штедни влогови од над една милијарда евра, па следуваат НЛБ банка со депозити од околу 900 милиони евра, Охридска банка со околу 375 милиони евра и Халк банка со депозити од околу 360 милиони евра. Вкупниот депозитен потенцијал кај банките до март годинава изнесува 5,17 милијарди евра. Според последните анализи на Народната банка, банкарската мрежа ја сочинуваат 433 деловни единици распространети низ речиси сите градови на територијата на Македонија. Бројот на деловни единици се зголеми за шест, а најголем дел од новоотворените деловни единици се во југозападниот регион. Банкарската мрежа и натаму е најбројна во скопскиот регион, каде што пристапот до банкарските услуги мерено според бројот на жители по деловна единица е најдобар. По региони, пристапот до банкарските услуги се одржува на непроменето ниво, освен во југозападниот и источниот регион, каде бележи мало подобрување. Банките во Македонија сè уште имаат послабо развиена банкарска мрежа во однос на поголемиот број од земјите опфатени во анализата. Според бројот на жители кои се опслужени од една банка, односно од една деловна единица, Македонија се наоѓа во втората половина на листата на анализирани земји, што е речиси непроменето во однос на
ТРЕНД: КРЕДИТИРАЊЕТО ГОДИНАВА СО РАСТ ОД 7%
www.kapital.mk
Капитал број 918 02.06.2017
СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ
37
ГАРАНТИРАНИ И ТРАНСПАРЕНТНИ КАМАТНИ СТАПКИ ОВОЗМОЖУВААТ СИГУРНОСТ ЗА ИНВЕСТИРАЊЕ И ЗАШТЕДА
П
отребата од сигурност, стабилност и безбедност во едно динамично окружување бара општеството во целина, а и бизнисите да се приспособуваат на ваквите потреби, како и на специфични барања и различни очекувања на луѓето. Луѓето имаат потреба од сигурност, потреба однапред да ги планираат своите средства и на долг рок да размислуваат како да ги распределат своите пари. Идеално за нив е да земат кредит кој би имал фиксна, непроменлива, гарантирана каматна стапка и однапред позната месечна рата за целото времетраење на отплата на кредитот. Следејќи ги потребите на граѓаните, Охридска банка Сосиете Женерал во своето кредитно портфолио го воведе принципот на фиксни, транспарентни и најдолго гарантирани каматни стапки за потрошувачки и станбени кредити. Со ваквиот пазарен пристап, клиентите уште од самиот почеток го знаат износот на нивната месечна рата за целиот период на отплата и можат безгрижно да го планираат остварувањето на своите желби и потреби. Транспарентноста во понудите, јасното дефинирање на фиксни и
гарантирани каматни стапки на долг рок е она што ја издвојува оваа банка на пазарот од другите. Со воведувањето на концептот за станбен кредит „План за стан – фиксна каматна стапка за првите 10 години“, Охридска банка Сосиете Женерал минатата година ги постави темелите на нов и иновативен концепт со кој на клиентите на долг рок им се гарантира фиксна каматна стапка. Годинава Банката отиде чекор понапред во однос на квалитетот на понудата, обезбедувајќи уште поголема сигурност за клиентите на кои им е потребен кредит за недвижности и на сите свои клиенти им понуди станбен кредит со најдолго гарантирана каматна стапка на пазарот, сè до 2030 година Својата пионерска позиција во поставување на трендовите во банкарската индустрија во Македонија Охридска банка Сосиете Женерал ја потврди и со воведување на „НАЈ НАЈ“ кеш-кредитот за физички лица, кој прв на пазарот, според своите карактеристики, се одликува со стабилна и гарантирана каматна стапка за целото времетраење на кредитот. Во оваа насока, неодамна беа модификувани и условите на кеш-хипотекарните кредити со
девизна клаузула со рок од 20 години, кои имаат гарантирана каматна стапка во првите 5 години и предодредени варијабилни услови за остатокот од отплатата. Кон сето ова ја додаваме и грижата за клиентите во форма на кредитно животно осигурување, со кое во случај на немил настан, кој го покрива осигурувањето, клиентите добиваат поголема сигурност и финансиска поткрепа на семејството. Со „Депозит прогрес“ клиентите на Охридска банка Сосиете Женерал добиваат одлични услови за штедење во денари и евра, со зголемени растечки и гарантирани каматни стапки во согласност со избраниот период на штедење, со можност за осигурување на депозитот во случај на немил настан. А со истата тенденција на сигурност и транспарентност наскоро за сите депозити на Банката ќе бидат воведени гарантирани услови за целото времетраење на договорот. На овој начин, со понуди кои нудат транспарентност и можност за спокојно инвестирање и заштеда, во Македонија се нудат најдобрите практики, коишто во другите земји се веќе одамна воведени. nnn
www.kapital.mk
Капитал број 918 02.06.2017
38
БАНКИТЕ И БИЗНИСОТ
претходната година. Банките во претежна сопственост на странски акционери преовладуваат во банкарскиот систем на Македонија, којшто на тој начин, е под влијание на економски и неекономски фактори на ризик поврзани со матичните лица на банките и земјите од каде што потекнуваат. Со исклучок на промената на сопственикот кај една банка, продажбата на Алфа банка на швајцарски фонд, во 2016 година не се забележуваат позначајни промени во сопственичката структура на банките. Банките во претежна сопственост на странски акционери преовладуваат во сите поважни позиции од билансите на банките. Нивната доминација е особено изразена кај кредитната активност и финансискиот резултат. Меѓу странските акционери, според земјата на нивното потекло, највисоко е учеството на акционерите од Грција и Словенија во вкупниот капитал (вклучително и резервите) на банкарскиот систем, кое изнесува 22,4% и 13,8%, соодветно. Во 2016 година, се намалува учеството на акционерите од Грција (за 2,9 процентни поени) во вкупниот капитал (вклучително и резервите) на банкарскиот систем, додека учеството на акционерите со потекло од Швајцарија забележа зголемување.
Зголемен кредитен раст во 2017 година
Проценките на Народната банка се дека кредитниот раст годинава ќе достигне меѓу 6% и 7%, но овој раст главно ќе произлезе од кредитирањето на граѓани, наспроти послабата кредитна поддршка за фирмите. За споредба, минатата година кредитниот раст речиси целосно произлезе од зголемената кредитна поддршка на банките на домаќинствата, при позначително забавување на кредитирањето на корпоративните клиенти. Според анализите на Народната банка во 2016 година, кредитите на домаќинствата остварија раст од 11% (забавување во однос на претходната година за 2,4 процентни поени), а кредитите на нефинансиските друштва се зголемија за 2,6% (7,1% во 2015 година).
Проценувајќи ги трендовите во 2017 година, претседателот на Управниот одбор на ПроКредит банка, Јованка Јолеска Поповска истакна дека финансиските институции како банките се сензитивни на голем дел од промените на политичко и општествено поле, но турбуленциите на политичко поле во 2016 ја потврдија стабилноста и издржливоста на банкарскиот сектор. „Еден од поважните ризици на кои се обрнува внимание е кредитирање на долгорочни одржливи инвестиции и анализа на секоја кредитна изложеност засебно со цел помал пласман во нефункционални кредити. Минатата година се почувствува воздржаност од страна на малите и средни бизниси за планираните долгорочни инвестиции, пред сè поради неизвесноста на политичко поле. Доколку се стабилизира политичката ситуација, очекуваме дека претприемачите ќе реализираат дел од своите планови за раст и развој на бизнисите како за нови производни линии и процеси, така и за унапредување на постојаното производство и оптимизација на трошоците“, коментира Јолеска Поповска. Главниот финансиски директор на Комерцијална банка, Маја Стевкова Штериева објасни дека кредитната експанзија на банките ќе продолжи но ќе биде во линија со перцепцијата за ризик. „Во услови на отсуство на позначително забрзување на растот на економијата, а присутна политичка неизвесност, за банките останува доминантен кредитниот ризик. Растот на кредитите доминантно ќе се финансира од депозитната база, којашто остана стабилна, и покрај непотребните турбуленции во 2016 година, што се должи на високата доверба што економските субјекти ја имаат во банкарскиот систем на земјава. Дополнително, за банките останува ризикот од пролонгирање на меѓународните околности што продуцираат негативни каматни стапки на депозитите што банките од земјава ги депонираат кај странски банки“, оцени неодамна Штериева. Во однос на кредитната поддршка за граѓаните и фирмите, таа вели дека во делот
на правни лица годинава Комерцијална банка ќе продолжи со внимателна кредитна политика бидејќи ризиците се уште постојат, а во сегментот домаќинства, се очекува умерен раст на кредитите. „Банката ќе настојува да ја зајакне конекцијата со постојните клиенти но паралелно ќе биде отворена и за нови проекти за кои ќе процени дека се профитабилни со прифатливо ниво на ризик. Општиот економски амбиент е детерминиран од општите економски индикатори кои се познати и на кои Банката се прилагодува. Треба да се има предвид дека растот на кредитирањето треба да е паралелен со пораст на вкупната економска активност. Очекуваме и подобар општествено - политички амбиент кој несомнено ќе има позитивно влијание на економските трендови. Првиот клучен сигнал за позитивни промени ќе биде зголемувањето на кредитите за нови инвестиции кои беа под посакуваното ниво во претходните години“, истакна Штериева. Тони Стојановски, член на Управниот одбор на Стопанска банка изјави дека растот на кредитната активност на банките годинава се проценува дека ќе биде околу 6%. „Сепак, со оглед на ограничениот раст на економијата кој во еден значаен дел произлегува од активноста во слободните зони, не може да се очекува позначителна промена во структурата на кредитниот раст, односно и понатаму главниот предизвик и за банките и за компаниите е да се зголеми корпоративното кредитирање и тоа не само за одржување на постојното ниво на обртен капитал на компаниите туку и за нови инвестиции кои единствено можат да ја кренат стапката на раст на економијата до ниво од над 5% - 6%“, потенцира Стојановски и додава дека банките во текот на годинава ќе треба да се соочат и со предизвиците за усогласување со новите капитални барања кои произлегуваат од Базел 3, а неодамна беа вградени и во Законот за банките, како и барањата за усогласување со новиот Меѓународен Сметководствен Стандард 9, кој на ниво на ЕУ започнува со примена од јануари 2018 година. Ефтимоски од Стопанска банка Битола исто така вели дека банките ќе делуваат во функција на економскиот раст, финансирајќи ги и граѓаните но и приватните фирми. „Конкретно очекувам банкарскиот сектор да биде стабилен и во функција на економски раст, особено се надевам преку зголеменото ниво на кредитирање на население и многу повеќе на малите и средни македонски компании. Не постои опасност од загрозување на стабилноста и ликвидноста на банкарскиот систем. Посакувам и се надевам македонските компании да ја напуштат летаргијата со која се зафатени веќе подолг период, и тоа не по своја вина, туку поради политичките и економски состојби во земјата. Не очекувам да се случи драстично подобрување на работењето на бизнисот во земјата, но сепак се надевам на поголема раздвиженост, која ќе вроди со зголемено ниво на кредитирање и зголемен економски раст“, истакна Ефтимоски. nnn
www.kapital.mk
Капитал број 918 02.06.2017
СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ
39
СТОПАНСКА БАНКА АД БИТОЛА ОСТВАРИ ПОЗИТИВЕН ФИНАНСИСКИ РЕЗУЛТАТ
С
топанска банка а.д. Битола во текот на 2016 година работеше на остварување на клучните стратегиски и деловни цели дефинирани во Деловната политика, развојниот и финансискиот план на Банката, стремејќи се кон остварување на показателите кои ќе ја истакната на повисоко ниво во групата на средни банки. Притоа, Банката го приспособуваше своето работење на промените во економските услови, модерните банкарски текови и глобалните пазарни случувања. Во вакви услови на работење вкупниот биланс на Стопанска банка а.д. Битола на 31.12.2016 година (без комисионото работење) достигна вредност од 10.580,55 милиони денари, односно 171,76 милиони евра, што претставува раст од 9,87% односно 950,35 милиони денари во однос на 31.12.2015 година. Зголемувањето на вкупната билансна сума во текот на 2016 година пред сè е резултат на раст на депозитниот потенцијал како најзначаен извор на финансирање на активностите во работењето што укажува на довербата
на клиентите во Банката, при што вкупните депозити со состојба на 31.12.2016 година изнесуваат 7.744,74 милиони денари и истите се зголемени за 7,61%, споредено со претходната година. Исто така значајно е тоа што бруто-кредитите на физички лица на годишна основа бележат раст од 27,33%, односно 517,43 милиони денари, што е во согласност со стратегиските и деловните цели од Деловната политика, развојниот и финансискиот план на Банката, во која беше предвидено зголемено кредитирање на физички лица со цел диверзификација на кредитното портфолио и намалување на ризикот од концентрација. Притоа, Стопанска банка а.д. Битола успеа да оствари позитивен финансиски резултат, односно нето-добивка за 2016 година во износ од 30,07 милиони денари. Остварениот позитивен финансиски резултат за 2016 година уште повеќе добива на значење доколку се земе предвид големата конкуренција во рамки на банкарскиот сектор, економските и политичките услови во домашната економија и бавното закрепнување на глобалниот економски
амбиент во текот на годината. Воедно, способноста на Банката за генерирање оперативни приходи во обем кој не само што ги покрива редовните расходи од работењето туку останува и вишок за покривање на останати расходи кои не произлегуваат од редовните банкарски активности би ја истакнале како значајна позитивна карактеристика во работењето на Стопанска банка а.д. Битола во текот на 2016 година. Во тој контекст, оперативниот резултат за 2016 година е позитивен во износ од 72,40 милиони денари. Деловната политика, развојниот и финансискиот план на Банката и во тековната 2017 година ќе биде фокусирана на понатамошно зголемување на Билансот на Банката при што се предвидува да се зголеми за 421,30 милиони денари или за 6,84 милиони евра. Планираното проширување на дистрибутивната мрежа, како и понудата на иновативни производи и услуги, се очекуваат да дадат соодветен придонес кон зголемување на клиентската база и остварување на планираниот раст на депозитниот потенцијал. nnn
www.kapital.mk
Капитал број 918 02.06.2017
40
БАЛКАН БИЗНИС И ПОЛИТИКА
ШЕСТ ЕКОНОМСКИ МЕРКИ ШТО СРБИЈА ТРЕБА ДА ГИ СПРОВЕДЕ ГОДИНАВА ПО ПРЕПОРАКИ НА ЕУ
Ц
Целта на овие реформи е намалување на буџетскиот дефицит и поттикнување извори на економски раст. Економски препораки добија и други кандидати и потенцијални кандидати за членство во Европската унија. До Брисел земјите кандидати и потенцијални кандидати за ЕУ годинава поднесоа трета годишна програма за
Србија треба да продолжи со намалување на буџетскиот дефицит, да ја забрза реформата на државните претпријатија и да го унапреди развојот на приватниот сектор со подобра контрола на парафискалните трошоци – ова се некои од препорачаните мерки што Србија и Mинистерскиот совет за економија и финансии на ЕУ (ECOFIN) заеднички ги усвоија на 23 мај економски реформи за периодот 2017-19. Проценките на овие програми се направени од Европската комисија и Европската централна банка, и на
основа на тоа сите седум партнери во процесот на проширување и ЕУ, на министерски состанок усвоија заеднички заклучоци и насоки за секоја земја.
ПРЕПОРАКА: ДА СЕ НАМАЛИ БУЏЕТСКИОТ ДЕФИЦИТ
www.kapital.mk
Капитал број 918 02.06.2017
42
БАЛКАН БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Србија доби шест насоки од кои две се однесуваат на макро-фискалната рамка, една на стабилноста на финансискиот сектор, а три на секторските структурни реформи што треба да се спроведат во наредните година дена.
Препораките
Првата препорака до Србија е во 2017 година и во наредните години да продолжи со намалување на буџетскиот дефицит. За тоа да го стори Србија треба да користи дополнителен фискален простор и да продолжи да ги зголемува капиталните расходи. Исто така, треба да усвои кредибилен и обврзувачки систем на фискални правила, способен да ги зацврсти напорите за консолидација. На Србија и се препорачува и во наредните година дена да поддржи фискално сценарио со забрзување на реформите на државните претпријатија и на даночните служби, како и да го намали уделот на јавната потрошувачка за плати и пензии во бруто домашниот производ (БДП). Со цел стабилност на финансискиот сектор, Србија треба да ги спроведе преостанатите мерки од програмата за решавање на прашањата на ненаплатливите кредити, да ја заврши реформата и приватизацијата на две големи државни банки, и да најде решение за останатите мали државни банки. Се препорачува и постепено усогласување на цената на електричната енергија за истата да ги одразува трошоците. Потребно е и да се унапреди наплатата и во иднина да се избегнува акумулација на заостанати плаќања во енергетскиот сектор. Исто така, потребен е напредок во најавеното реструктуирање на долгот на Србијагас и во спроведувањето
на планот за оптимизација на ЕПС (Електростопанството на Србија). На Србија и е препорачано да го намали бројот на парафискални давачки на државно ниво, да го унапреди функционирањето на даночната управа, и да обезбеди поголема ефикасност на инспекцијата. Во областа на трудот, Србија треба да ги намали големите трошоци со исклучок на платите во областите каде истите се најниски. Потоа, да усвои мерки за вработување на чувствителните групи, вклучувајќи ги примателите на социјална помош, а во соработка со социјалните партнери и со бизнис секторот да воведе дуално образование и обука.
Оценките
Во оценката на годишната програма на Србија, се наведува дека економијата во 2016 година забележала побрз раст од очекуваниот, и се проценува оти растот незначително ќе се засили со поттик од приватната потрошувачка, додека за инвестициите и за извозот се очекува да останат силни. Се истакнува дека фискалната консолидација и натаму е многу силна, што за резултат има намалување на јавниот долг во однос на БДП првпат за многу години. Кај финансиската стабилност, стратегијата за ненаплатливи кредити почнала да дава резултати, бидејќи уделот на овие кредити почнал да опаѓа. Се предупредува дека економијата на Србија е чувствителна на потреси од финансискиот и од пазарот на суровини, и оти е изложена во однос на развојот на ситуацијата во ЕУ. Меѓу структурните препреки за раст и конкурентност се наброени и преголемото влијание на државата врз економијата и недостатокот на динамика на приватниот сектор, додека во
секторот енергија и транспорт проблемот го прават слабите интерконекции, и тоа што јавните претпријатија само делумно се реструктуирани. Како што се наведува, развојот на приватниот сектор го закочуваат скапиот, непредвидливиот и нетранспарентен систем на парафискални давачки, отежнатиот пристап до финансии, бирократијата и големата сива економија. Истовремено, нивото на државна помош е релативно високо и нетранспарентно. Во проценката на економската програма на Србија се укажува и дека младите се среќаваат со особено големи потешкотии во пристапот до пазарот на труд, што за последица има одлив на мозоци. Земјите кандидати и потенцијални кандидати за ЕУ од 2015 година поднесуваат годишни програми за економски реформи, што содржат среднорочни макроекономски проекции, и буџетски планови за наредните три години и програма за структурни реформи. Програмата за структурни реформи ги опфаќа реформите чија цел е поттикнување на конкурентноста и подобрување на условите за раст и вработувања. Со оглед дека економското управување прерасна во еден од столбовите на политиката на проширување на ЕУ, што ги одразува трендовите во рамките на ЕУ, со цел засилување на економската политика во рамките на Европскиот семестар Унијата разви нов пристап преку програмите што ги поднесуваат земјите, за на истите да им помогне во процесот на проширување да ја засилат макроекономската стабилност, да го поттикнат растот и да ги исполнат економските критериуми за пристапување кон членство. nnn
ЕУ: ДА СЕ НАМАЛИ БРОЈОТ НА ПАРАФИСКАЛНИ ДАВАЧКИ
ИНСТИТУТ КОНЦЕПТ ВО СОРАБОТКА СО TÜV NORD CERT ОРГАНИЗИРАAТ ЕДНОДНЕВНА ОБУКА ЗА:
УПРАВУВАЊЕ СО КВАЛИТЕТ ВО ОБЛАСТА НА ЗАВАРУВАЊЕТО, СПОРЕД БАРАЊАТА НА МЕЃУНАРОДНИТЕ СТАНДАРДИ ISO 3834 И EN 1090 5 jуни 2017 година 09:00-17:00 часот Институт КОНЦЕПТ, Скопје
Целта обуката е кандидатите да се стекнат со солидно знаење во врска со барањата на меѓународните стандарди за заварување ISO 3834 и EN 1090, како и нивна практична примена. Кандидатите по завршувањето на оваа обука ќе бидат оспособени за техниките кои се неопходни за воспоставување, како и за оценување/проверување на усогласеноста на системите за управување на квалитет на заварувањето во своите Компании, според барањата на ISO 3834 и EN 1090 Стандардите.
ПРЕДАВАЧ:
Г-ДИН ГЕОРГИ МИНЧЕВ (Inspector/Auditor) од Република Бугарија, кој има 15 години специјалистичко и практично работно искуство како Инспектор за Техничка Инспекција и Водечки Аудитор.
РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ: 31 МАЈ 2017
УЧЕСНИЦИТЕ НА ОБУКАТА ЌЕ ДОБИЈАТ ДВА СЕРТИФИКАТИ ОДНОСНО: За секој учесник на семинарот, по проверката на знаењето од тестирањето и позитивното решавање на истиот, ќе биде издаден Сертификат од TÜV NORD за оспособеност за соодветниот семинар. Сертификатот на TÜV NORD е признат од сите меѓународни организации и како таков може да послужи како почетна основа за понатамошно усовршување во соодветното подрачје. Сертификат од Институт КОНЦЕПТ за учество на обуката.
За повеќе информации посетете ја нашата веб страна: www.koncept.com.mk
КОНТАКТ: м-р Ленче Зикова и м-р Ирена Богоевска e-mail: institut@koncept.com.mk 02 3128 526 070 272 207
Капитал број 918 02.06.2017
44
www.kapital.mk
КАРИЕРА
МИЛИЈАРДЕРОТ МАЈКЛ БЛУМБЕРГ ГИ СОВЕТУВА СТУДЕНТИТЕ
НАЈДЕТЕ РАБОТА ВО КОЈА УЖИВАТЕ И РАБОТЕТЕ КАКО ЛУДИ Во САД е веќе долгогодишна традиција познати и успешни бизнисмени да држат мотивирачки говори на универзитетите за студентите кои дипломираат, во кои зборуваат за нивниот пат на успехот во кариерата животот. Во овој број ги пренесуваме најважните делови од говорот кој минатата недела го одржа Мајкл Блумберг, милијардер и поранашен гувернер на Њујорк, пред дипломираните студенти на Универзитетот Виланова во Филадалфија.
www.kapital.mk
Капитал број 918 02.06.2017
46
КАРИЕРА
Б
Бизнис магнатот Мајкл Блумберг, чие богатство се проценува на 48,9 милијарди долари вели дека кога имал 22 години, немал идеја што сака да прави со својата кариера. Во неговиот говор кој го одржа минатата недела на Универзитетот Виланова (Villanova University) Поранешниот градоначалник на Њујорк сподели со дипломираните студенти како тој ја градел својата кариера по завршувањето на студиите. “Aко размислувате - господе боже што ќе правам сега со мојот живот, не се грижите. Кога јас дипломирав на бизнис универзитетот, не знае што сакам да работам”. Блумберг има диплома за електротехнички инженер од Универзитетот Џон Хопкинс, која ја добил во 1964 година. Две години подоцна, тој се здобил со MBA диплома од Харвард Универзитетот. Првата одлука која ја направил по завршувањето на образованието, вели тој, била најважна во неговата кариера. Тоа е совет, кој тој смета, дека секој дипломиран студент треба сериозно да размисли. “Не прифаќајте да работите некоја работа само врз основа на платата која ви се нуди, туку прифатете работа според тоа колку мислите дека можете да растете во таа компанија. “Прифатете ја онаа работа во која најмногу ќе уживате да ја работите и работете како луди”, вели Блумберг. По одложувањето на војната обврска за време на војната во Виетнам, Блумберг прифатил работа во трезорт на инвестициската банка Salomon Brothers. Таа била работа која била помалку платена помалку од сличните можности кои му се нуделе во тоа време, а броењето на акции и сертификати за обврзници била многу исцрпувачка. “Тоа беше прилично низок старт за некој кој има МБП диплома од Харвард Универзитетот”, вели Блумберг.
Но, Salomon Brothers беше позната по својата култура на меритократија, односно за напредување врз основа на заслугите, и мислев дека професионално можат таму да растам многу повеќе. Завршив работејќи работа која беше платена скоро 40% помалку отколку што плаќаа другите слични компании, бидејќи бев уверен дека таа повеќе ќе ми одговара. Тоа беше една од најдобрите одлуки што некога сум ги донел, и покрај тоа што бев отпуштен по 15 години работење таму”, раскажува Блумберг. Тој е уверен дека прифаќањето на работа според потенцијалот за раст кој го нуди и можноста да учиш нови вештини е најпаметната стратегија за градење кариера. Оваа стратегија била успешна за него. Тој станал ѕвезда во компанијата, растејќи полека во кариерата до нив да стане тргувач со обврзници, а потоа и партнери
раководител на одделот за трговија и продажба на хартии од вредност. Тој секојдневно работел 12 часа и имал чист пат во компанијата. После повеќе од една декада, тој се соочил со уште еден период на неизвесност, откако ја изгубил работата во 1981 година, кога компанијата поминувала низ процес на преструктуирање. Следниот ден откако добил отказ, пакетот за обесштетување кој го добил од компанијата го употребил за да основа сопствена компанија која подоцна ќе стане Bloomberg LP. “Затоа не се грижете до правите некој грандиозни долгорочни планови. И не прифаќајте работа само врз основа на платата која ви ја нудат”, ги советува Блумберг дипломираните студенти. Вештините кој ги добил и врските кoи ги изградил додека работел во Саломон Брадерс само го потврдуваат тоа. nnn
Капитал број 918 02.06.2017
50
www.kapital.mk
ЛИДЕРИ
МАРК БЕНИОФ
ИЗВРШЕН ДИРЕКТОР НА SALESFORCE
КОРПОРАТИВНАТА МИСИЈА ТРЕБА ДА Е ПОГОЛЕМА ОД ПРАВЕЊЕ ПРОФИТ
M
Марк Бениоф е американски претприемач, автор и филантроп. Тој е основач и директор на Salesforce, една од најпознатите и најголеми клауд компании во САД, со седиште во Сан Франциско. Иако најголем дел од приходите доаѓаат од менаџмент на односи со клиенти (CRM- customer relationship management), компанијата многу заработува и од комерцијални апликации преку
Мојот пристап кон политиката е дека јас не сум ниту Демократ, ниту Републиканец. Јас сум Американец и секогаш го поддржувам кандидатот кој мислам дека е одличен за државата.
Иднината на комуникацијата со потрошувачите почива на врска со нив преку секој можен канал: телефон, е-маил, интернет и социјалните мрежи.
Само една идеја е тактика, но ако таа може да биде реализирана на повеќе различни начини, тогаш тоа е добра стратегија. Ако не е забавно, тогаш сте го избрале погрешниот пат. Не преземате доволно ризик, ако понекогаш не е тешко и напорно.
Нашиот фокус е насочен кон развивање на најдобриот и најлесен начин да се користи некој производ и тука го инвестираме нашето време. Ако немате доволно време и луѓе за тоа, тогаш фокусирајте се на 20% кои прават 80% од разликaтa.
социјалните мрежи, посебно заради тоа што компанијата им дозволува на клиентите самите да си изградат апликации кои сметаат дека им се корисни. На почетокот на минатата година Salesforce беше една од највредните американски клауд компании со пазарна капитализација од 55 милијарди долари, иако од основањето во 1999 година никогаш нема прикажано профит.
Тајната за ангажирање на добри кадри: секогаш барајте луѓе кои сакаат да го менуваат светот”.
За да бидат навистина успешни, компаниите мора да имаат корпоративна мисија која е поголема отколку да се прави профит.
Единствената константа во технолошката индустрија е промената.