919 kapital magazin

Page 1

COVER STORY

СВЕТ

ВО ФОКУС

НОВАТА ВЛАДА СО НОВА ДАНОЧНА ПОЛИТИКА

ЕВРОЗОНАТА ЌЕ ИМА БУЏЕТ И МИНИСТЕРСТВО ЗА ФИНАНСИИ

ДРАМА НА АРАПСКИОТ ПОЛУОСТРОВ

Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

WWW.KAPITAL.MK

ЗАЕВ НАЈАВИ ГОЛЕМА РЕФОРМА

“ЧИСТКА” ВО СУДСТВОТО! СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

БРЕНДОВИ

КАКО

ДА ГИ ОСВОИТЕ МИЛЕНИАЛЦИТЕ И ГЕНЕРАЦИЈАТА

Z

БРЕНД КОНСАЛТИНГ: КАКО ЕФЕКТИВНО ДА ПРИСТАПИТЕ ДО МЛАДИТЕ ПОТРОШУВАЧИ НАЈУСПЕШНИ БРЕНД СТРАТЕГИИ НА ДИГИТАЛНОТО ВРЕМЕ: СВЕТСКИ ПРИМЕРИ

ПОМИНА ВРЕМЕТО НА ПЛАТЕН ПУБЛИЦИТЕТ, СЕГА ТРЕБА ДА ГО ЗАРАБОТИТЕ!

БРОЈ 919 | ЦЕНА 100 ДЕН. 9 ЈУНИ 2017 | ПЕТОК | ГОДИНА 18

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ БРЕНДОВИ

КАКО ДА ГИ ОСВОИТЕ МИЛЕНИАЛЦИТЕ И ГЕНЕРАЦИЈАТА Z?

ЗАКЕРБЕРГ: ВРЕМЕ Е ЗА ГОЛЕМИ ПРОЕКТИ!



3

Капитал број 919 09.06.2017

СОДРЖИНА

08 04

ВО ФОКУС

06

НАВИГАТОР

08

Драма на Арапскиот полуостров Катар изолиран заради врски со тероризмот! Светската економија ги намали проценките Македонската економија годинава ќе порасне за 2,8%

COVER STORY

Новата Влада со нова даночна политика Прогресивен данок за поголема еднаквост на граѓаните !?

42 16

ПОЛИТИКА

23

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

Заев најави најсериозна реформа во правосудството Ако и нема „генералка“, барем да се прочистат местата каде судството е најизвалкано

БРЕНДОВИ

Како да ги освоите милениалците и генерацијата Z  Како ефективно да пристапите до младите потрошувачи  Како потрошувачите работат за брендовите 

46 БИЗНИС И ПОЛИТИКА 42 СВЕТ Брисел предлага реформи за посилен економски и монетарен сојуз Еврозоната ќе има министерство за финансии, буџет и ќе издава обврзници

46 КАРИЕРА Марк Закерберг, основачот на Facebook ги посоветува дипломците од Харвард

50 ЛИДЕРИ РИД ХАСТИНГС

ко-основач и директор на Netflix

Компаниите умираат затоа што се движат пребавно, а не пребрзо профит

ЕВРОЗОНАТА ЌЕ СЕ РЕФОРМИРА

ДАЛИ ЛЕКОТ Е ПРОГРЕСИВЕН ДАНОК?

ГЕНЕРАЦИЈАТА НА ЗАКЕРБЕРГ

Еврозоната ќе има министерство за финансии, буџет и ќе издава обврзници. Ова е дел од новите прелдог мерки за реформа на еврозоната, чија цел е продлабочување на економскиот и монетарниот сојуз. Еврозоната исто така ќе добие можност да издава еврообврзници и да има сопствено министерство за финансии. Прочитајте уште какви се идеи има Европската комисија (ЕК) за продлабочување на интеграцијата во областа на единствената валута, кои се разгледуваат да се преземат откако Велика Британија ќе ја напушти ЕУ.

Граѓаните што заработуваат најмногу пари да плаќаат поголем персонален данок на доход е клучната промена на даночната политика што планира да ја направи новата Влада предводена од СДСМ. Прогресивното оданочување на приходите на граѓаните според новите власти, треба да обезбеди поправедна распределба на доходот и со тоа да се намали јазот помеѓу сиромашните и богатите граѓани. Анализата на даночниот модел во земјите од Европската Унија покажува дека најголем дел од членките, применуваат прогресивно стапки на персонален данок на доход. Но, дали тоа е лекот за намалување на нееднаквоста?

“За да го одржиме општеството да се движи напред, имаме генерациски предизвик, не само да креираме работни места, туку да креираме обновено чувство за цел. Тогаш што чекаме? Време е за големи дела кои ќе ја дефинираат нашата генерација”, им порача Закерберг на дипломците од Харвард Универзитетот. Основачот и директор на Facebook, кој има 33 години е најмладиот досега говорник пред дипломците на Харвард. Тој им порача на студентите да преземаат ризици и да се справат со големи и амбициозни проекти кои обединуваат големи маси на луѓе за општото добро на општеството.

 Стр. 8

 Стр. 46

 Стр. 42

Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје  Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31  П. ФАХ 503, 1000 Скопје  Директор и одговорен уредник: Љупчо Зиков  Печати: Европа 92, Кочани  Тираж: 3.000 примероци  Датум на печатење: 07.06.2017


Капитал број 908 24.03.2017

www.kapital.mk

ВО ФОКУС 4

ДРАМА НА АРАПСКИОТ ПОЛУОСТРОВ

КАТАР ИЗОЛИРАН ЗАРАДИ ВРСКИ СО ТЕРОРИЗМОТ!

Во координирана акција Саудиска Арабија, Египет, Обединети Арапски Емирати, Бахреин и Јемен ги прекинаа дипломатските односи со Катар, одлука која се заканува да го запали Арапскиот полуостров. Причината за оваа одлука е поддршката на Катар на исламистичките групи и односите со Иран.

ДРАМА: КАТАР Е ОБВИНЕТ ЗА ПОДДРШКА НА ТЕР


www.kapital.mk

Капитал број 919 09.06.2017

В

Во координирана акција Саудиска Арабија, Египет, Обединети Арапски Емирати, Бахреин и Јемен ги прекинаа дипломатските односи со Катар, одлука која се заканува да го запали Арапскиот полуостров. Причината за оваа одлука е поддршката на Катар на исламистичките групи и односите со Иран. Соседите на Катар го прекинаа авионскиот, воздушниот и копнениот сообраќај, со што оваа земја остана отсечена. Дипломатите на Катар добија наредба да го напуштат Катар во рок од 48 часа, а на државјаните на Катар им дадоа 14 дена да се вратат во својата земја. Емирот на Катар, Мухамед бин Абдул Рахман ги повика арапските земји на отворен и искрен дијалог, а во напорите да се ублажат тензиите се вклучи и Кувајт. Американскиот секретар Рекс Тилерсон изрази очекување дека оваа одлука нема да влијае на единството во борбата против исламските екстремисти. Се уште не е јасно како оваа одлука ќе влијае на војните операции на САД, кои на Катар имаат стационирано околу 10.000 војници и каде се наоѓа седиштето на централната команда за Блискиот Исток. Катар во неколку наврати демантираше дека ги поддржува екстремистичките групи во регионот. “Нашиот однос со САД останува стратешки”, изјави министерот за надворешни работи на Катар. Според Саудиската државна агенција (SPA), Катар ги поддржува најголемиот дел од терористичките организации, меѓу кои и “Муслиманското братство”, Исламската држава и Ал Каеда, и помага ширење на нивната идеологија во медиумите. Властите во ОАЕ сметаат дека Катар го поддржува екстремизмот и ја дестабилизира стабилноста во регионот. Односите помеѓу Иран и другите држави во регионот се заострени веќе подолго време. Основна линија на конфликтот е поддршката за исламските групации од страна на Иран. Критиките се најсилни заради врските на Иран со организацијата Муслиманско братство, која ја оспорува легитимноста на

5

Прекинот на односите на арапските земји со Катар доаѓа само неколку дена по посетата на американскиот претседател Доналд Трамп во Саудиска Арабија владеењето во Саудиска Арабија и ОАЕ. Распадот во односите за многумина не е за изненадување. Арапските држави го изолираат Катар и заради обидите на земјата да ја омекне реториката кон Иран. Кон крајот на минатиот месец, катарската новинска агенција Ал Џезеира објави коментар на емирот на Катар, во кој тој ги критикува земјите од регионот заради политиката кон Иран. Подоцна коментарот беше тргнат од страницата, со објаснување дека била под хакерски напад. Во 2014 година, Саудиска Арабија, ОАЕ и Бахреин ги прекинаа дипломатските врски со Катар и ги отповикаа своите дипломати од земјата. Дејствијата тогаш беа предизвикани од поддршката на Катар за поранешниот претседател на Египет, Мохамед Морси, кој беше член

на Братството. Осум месеци подоцна, трите арапски држави ги вратија своите дипломати во Катар, откако Катар ги принуди учесниците во оваа организација да ја напуштат територијата. Нарушувањето на односите меѓу сунитските држави доажа само неколку дена по посетата на американскиот претседател Доналд Трамп во Саудиска Арабија. Тој побара од Саудиска Арабија да ги затегне мерките против тероризмот и според некои аналитичари прекинувањето на односите со Катар доаѓа како одговор на неговите молби. Но, се уште не се знае позадината на оваа одлука и дали воопшто САД знаеле за ваквиот потег, бидејќи сосема е нелогично САД да поддржуваат ваков развој на настаните со оглед на нивната голема воена база во Катар. nnn

РОРИСТИЧКИ ГРУПИ И ВРСКИТЕ СО ИРАН


www.kapital.mk

Капитал број 919 09.06.2017

6

НАВИГАТОР ИЗЈАВА НА НЕДЕЛАТА

> БРОЈКА

12,9% изнесува растот на извозот во првите четири месеци од годината, покажаа податоците од Државниот завод за статистика

СЕМУЕЛ ЖБОГАР

евроамбасадор во Македонија

Сега имаме функционален Парламент и функционална Влада и тоа ни дава верба дека земјата излегува од кризата и дека може да се гледа на иднината со оптимизам. Сега е време да се започне вистинската работа со реформите

РЕБАЛАНС НА БУЏЕТОТ ЌЕ

Н

а првата седница на новата Влада, пред министрите се најдоа измените на над 30 закони од областа на економијата и социјалната заштита, меѓу кои укинувањето на радиодифузната такса, евтината електрична енергија за викенд, пакет мерки за најранливите граѓани. Дел од нив, според премиерот Заев ќе се реализираат веднаш, а останатите ќе го чекаат новиот ребалансиран буџет.

СВЕТСКАТА ЕКОНОМИЈА ГИ НАМАЛИ ПРОЦЕНКИТЕ

МАКЕДОНСКАТА ЕКОН ГОДИНАВА ЌЕ ПОРАСН

С

Светската банка во својот најнов извештај ја намали проценката за македонската економија во 2017 година. Во најновиот извештај „Глобални економски перспективи“ се прогнозира дека растот на БДП годинава ќе изнесува 2,8%, што е намалување за половина процент во

споредба со јануарската проекција на Банката. Доколку се остварат предвидувањата на Светската банка, Македонија ќе има најнизок економски раст во споредба со земјите од регионот. Највисок економски раст во регионот на западен Балкан годинава ќе има Косово - 3,9 %. Се прогнозира дека Албанија ќе има економски раст од 3,5%, БиХ 3,2 %, Црна Гора 3,3%,

Србија 3% и Хрватска 2,9%. Пред две недели Народната банка објави дека очекува економски раст од 2,5%. За следната 2018 година Светската банка предвидува дека македонската економија ќе расте со стапка од 3,3%, а континуирано закрепнување и зголемување на 3,8 % се предвидува во 2019-тата. Стабилните цени на стоките и растот


www.kapital.mk

ИМА НАЕСЕН А новиот буџет, според најавите на Заев, може да се очекува дури наесен, за кога е планиран да се направи ребалансот на буџетот. Според економските експерти, ребалансот на буџетот е неопходен да се направи во најбрзо време, за да може ефектите од новата владина програма и мерките кои ќе се преземаат да се проектираат во државната каса.

Капитал број 919 09.06.2017

7

мисла на неделата

> БРОЈКА

Кога политиката не е повеќе мисија, туку само професија, политичарите повеќе си служат самите на себеси, отколку на граѓаните.

3,6

Емануел Макрон

претседател на Франција

милијарди евра изнесува обемот на трговската размена со странство во првите четири месеци од 2017 година

лидери

НОМИЈА НЕ ЗА 2,8%

РАУЛ ГОНЗАЛЕС

Ракометниот клуб Вардар ја освои европската Лига на шампиони

ЏИМ ЈОНГ КИМ

претседател на Светска Банка

Г

лобалната конјунктура доживува благо, но реално закрепнување. Тоа треба да се искористи за реформи, за помош на приватни инвеститори, да може и долгорочно да се оствари пораст.

на глобалната трговија го движат моторот на глобалната економија. Оптимистичка прогноза на економските експерти за светската конјуктура. Проектирано да достигне 2,7 % раст во тековната, 2,9 следната година. Благо, но реално закрепнување, оценува Јонг Ким, првиот човек на Светска банка. „Глобалната конјунктура доживува благо, но реално закрепнување. Тоа треба да се искористи за реформи, за помош на приватни инвеститори, да може и долгорочно да се оствари пораст“, вели Џим Јонг Ким- претседател на Светска Банка. Покрај индустријата и трговијата, зголемената доверба на пазарите и закрепнување во делот на цените на суровините, се дополнителен импулс за оптимистичките предвидувања. Во Ервозоната, во чиј состав се 19 држави, растот е проектиран на 1,7 %, помалку од лани кога изнесуваше 1,8. За Јапонија проценката е зголемена за дури 0,6% и сега се смета со стапка на пораст од 1,5%. Светска банка соопшти дека порастот ќе биде поттикнат од извозот и ултралабавата финансиска политика.

ДУШКО МАРКОВИЌ

Што се однесува до САД, прогнозата е намалена за 0,1% и изнесува 2,1 %. Ризиците од протекционизам, геополитичките конфликти и евентуалните финансиски последици од зголемување на каматите во САД и натаму демнеат врз глобалната економија, закана за сите земји- предупредуваат од Светска банка. На првата седница на новата Влада, пред министрите се најдоа измените на над 30 закони од областа на економијата и социјалната заштита, меѓу кои укинувањето на радиодифузната такса, евтината електрична енергија за викенд, пакет мерки за најранливите граѓани. Дел од нив, според премиерот Заев ќе се реализираат веднаш, а останатиоте ќе го чекаат новиот ребалансиран буџет. А новиот буџет, според најавите на Заев, може да се очекува дури наесен, за кога е планиран да се направи ребалансот на буџетот. Според економските експерти, ребалансот на буџетот е неопходен да се направи во најбрзо време, за да може ефектите од новата владина програма и мерките кои ќе се преземаат да се проектираат во државната каса. 

Црна Гора и официјално стана членка на Северноатланската алијанса - НАТО

не им беше неделата

ДОНАЛД ТРАМП

Ги повлече Соединетите Американски Држави од Парискиот договор за климата

ЕДИ РАМА

го минимизираше бројот на Македонци во Албанија опишувајќи ги како „едно мало семејство“!


www.kapital.mk

COVER STORY: НОВАТА ВЛАДА С 8 COVER STORY

Капитал број 919 09.06.2017

ПРОГРЕСИВЕ ДАНОК ЗА ПОГОЛЕМ ЕДНАКВОСТ ГРАЃАНИТЕ !


www.kapital.mk

Капитал број 919 09.06.2017

СО НОВА ДАНОЧНА ПОЛИТИКА 9

ЕН

МА Т НА !?

Граѓаните што заработуваат најмногу пари да плаќаат поголем персонален данок на доход е клучната промена на даночната политика што планира да ја направи новата Влада предводена од СДСМ. Прогресивното оданочување на приходите на граѓаните според новите власти, треба да обезбеди поправедна распределба на доходот и со тоа да се намали јазот помеѓу сиромашните и богатите граѓани. Предвидени се три стапки на персонален данок. Оние што имаат месечни приходи колку што изнесува минималната плата нема да плаќаат данок, 10% ќе остане како даночна стапка за најголем дел од граѓаните, додека пак најбогатите 5% од граѓаните, ќе плаќаат данок од 18%. Иако властите не прецизираа временски рокови во кои ќе се промени даночниот модел, економистите сепак сугерираат реконципирањето на даночната политика да не биде нагло, туку да следи економска дебата и аналитички докази кои ќе овозможат оптимално поставување на параметрите на потенцијалните даночни реформи. Анализата на даночниот модел во земјите од Европската Унија покажува дека најголем дел од членките, применуваат прогресивно стапки на персонален данок на доход.


www.kapital.mk

Капитал број 919 09.06.2017

10

COVER STORY БРОЈКИ

0%

персонален данок на доход ќе плаќаат оние граѓани што имаат вкупен месечен личен доход до нивото на законски определената минималната плата, односно нив ќе им се враќа се враќа платениот данок

10%

ДАНОК

останува како стапка на персонален данок на доход која што ќе важи за 95% од граѓаните

18%

е дополнителна стапка на персонален данок, покрај стапката од 10%, само за 5% од граѓаните со највисока годишна даночна основица што ќе ја плаќаат за износот на дополнителниот доход

230,9

милиони евра изнесуваат приходите од персонален данок на доход минатата година

пишува:

Александар Јанев aleksandar.janev@kapital.mk

Г фотографија:

freepik.com

Граѓаните што заработуваат најмногу пари да плаќаат поголем персонален данок на доход е клучната промена на даночната политика што планира да ја направи новата Влада предводена од СДСМ. Прогресивното оданочување на приходите на граѓаните според новите власти, треба да обезбеди поправедна распределба на доходот и со тоа да се намали јазот помеѓу сиромашните и богатите граѓани. „Промените во даночниот систем ќе бидат

воведувани паралелно со обезбедувањето на транспарентност во трошењето на парите на граѓаните преку државниот буџет, а ќе бидат превземени следните поважни мерки: воведување на поправеден персонален данок на доход со две стапки,10% и 18%“, пишува во Програмата на Владата доставена до Собранието. Властите во програмата наведуваат дека на граѓаните кои имаат многу ниски месечни лични доходи, ќе им се враќа платениот персонален данок на доход. Според проценките на властите, за мнозинството граѓани ќе остане стапката од 10%, а дополнителната стапка од 18% ќе се воведе само за дополнителниот приход на луѓето со највисок доход. Новиот министер за финансии, Драган Тевдовски, објаснувајќи го новиот модел на прогресивно оданочување што ќе го примени Владата, неодамна изјави дека „рамниот данок во Македонија е од корист за малата група на луѓе којашто енормно се збогати на сметка на егзистенцијата на најголем дел од граѓаните“. „Бидејќи голем дел од граѓаните во Македонија живеат на линијата на сиромаштија или

под неа, ние сме фокусирани на решение на овој проблем. За 95% од граѓаните, останува постојната стапка од 10% на персоналниот данок, а на оние што имаат вкупен месечен личен доход до нивото на законски определената минималната плата, ќе им се враќа се враќа платениот данок. Само на граѓаните во групата на 5% со највисока годишна даночна основица им се воведува дополнителна даночна стапка од 18%, покрај стапката од 10%, за износот на дополнителниот доход“, објасни неодамна Тевдовски и додаде дека во овие 5% со највисок доход влегуваат граѓани со наследено богатство, богатство врз основа на претходни или тековни економски ренти што се поврзани со монопол или други привилегии, односно граѓани кои не заработуваат со активности на труд. Иако властите не прецизираа временски рокови во кои ќе се промени даночниот модел, економистите сепак сугерираат реконципирањето на даночната политика да не биде нагло, туку да следи економска дебата и аналитички докази кои ќе овозможат оптимално поставување на параметрите на потенцијалните даночни

ЕКСПЕРТИ: РЕКОНЦИПИРАЊЕТО НА ДАНОЧНАТА ПОЛИТИК


www.kapital.mk

Капитал број 919 09.06.2017

11

Б

ДРАГАН ТЕВДОВСКИ министер за финансии

идејќи голем дел од граѓаните во Македонија живеат на линијата на сиромаштија или под неа, ние сме фокусирани на решение на овој проблем. За 95% од граѓаните, останува постојната стапка од 10% на персоналниот данок, а на оние што имаат вкупен месечен личен доход до нивото на законски определената минималната плата, ќе им се враќа се враќа платениот данок. Само на граѓаните во групата на 5% со највисока годишна даночна основица им се воведува дополнителна даночна стапка од 18%, покрај стапката од 10%, за износот на дополнителниот доход.

реформи. „Новата Влада не смее да прибегнува кон ад хок решенија преку ноќ, затоа што таа се обврза дека, во најмала рака, ќе го смени тој процес на исилена промена на законите, и дека ќе го направи инклузивен и базиран на наоди до кои се дошло преку аналитичко - истражувачка работа. Во моментов, немаме анализа која говори за или против рамниот данок во Македонија“, истакна универзитетскиот професор Марјан Петрески. Според него, треба да биде јасна целта на потенцијалната даночна прогресија. „Како прв аргумент се наведува доходната нееднаквост. Но, таа се намалува, од околу 44% колку што изнесуваше Џини коефициентот во 2011 година на околу 33% во 2015 година. Ваквата тенденција воопшто не изненадува, имајќи ги предвид зголемувањата на пензиите, социјалната помош, земјоделските субвенции, кои во претходните години одеа во насока на подобрување на дистрибуцијата на доходот. Точно е дека постои концентрација на доход кај најбогатите 1%. Но, тоа не е поради рамниот данок, туку главно поради злоупотреба на моќ. Затоа, мора да биде јасно која би била целта на даночната прогресија“, истакна Петрески. Тој вели дека за да функционира даночната прогресија според нејзината учебникарска дефиниција, буџетот треба да има добро развиена трансферна функција, односно преку разни програми да ги таргетира најсиромашните и социјално - најзагрозените, со парите собрани од дополнително наметнатиот данок. „Статистиката е поразителна кога кажува

Н МАРЈАН ПЕТРЕСКИ

универзитетски професор

овата Влада не смее да прибегнува кон ад хок решенија преку ноќ, затоа што таа се обврза дека, во најмала рака, ќе го смени тој процес на исилена промена на законите, и дека ќе го направи инклузивен и базиран на наоди до кои се дошло преку аналитичко истражувачка работа. Во моментов, немаме анализа која говори за или против рамниот данок во Македонија. Точно е дека постои концентрација на доход кај најбогатите 1%. Но, тоа не е поради рамниот данок, туку главно поради злоупотреба на моќ. Затоа, мора да биде јасно која би била целта на даночната прогресија.

дека социјалната помош ја намалува сиромаштијата за само 3 процентни поени, што укажува на лошото таргетирање, згора на фактот што таа предизвикува неактивност на пазарот на труд. Значи, даночна прогресија треба да биде проследена со мерки за ефективно и ефикасно канализирање на тие пари кон најсиромашните слоеви“, сугерира Петрески. Претседателот на Здружението на даночни советници, Павле Гацов, вели дека е потребна евалуација на политиката на рамен данок. „После 10 години од неговата примена е доволно време за вреднување на сите предности и недостатоци на рамниот данок. Прогресивното оданочување кај персоналниот данок на доход може да ја елиминира потребата на сегашната даночна власт, приходите на граѓаните да се вклучуваат и во режимот на ДДВ. Најголемиот дел од даночните ослободувања кај персоналниот данок на доход треба да се укинат. Кај данокот на добивка е потребно целосно реуредување, елиминирање на некои ослободувања кои се непотребни и може да се решат на друг начин“, оценува Гацов и сугерира странските инвеститори и понатаму да имаат големи даночни ослободувања, особено кај данокот на добивка (продолжување на рокот на ослободувањето), но истовремено укинување на ослободувањата кај персоналниот данок на доход, и другите јавни давачки (комуналии, данок на имот и сл.). Професорот од Економскиот факултет, Трајко Славески, кој што како министер за финансии во 2007 година и го воведе рамниот данок во

П ПАВЛЕ ГАЦОВ

претседател на Здружение на даночни советници

осле 10 години од неговата примена е доволно време за вреднување на сите предности и недостатоци на рамниот данок. Прогресивното оданочување кај персоналниот данок на доход може да ја елиминира потребата на сегашната даночна власт, приходите на граѓаните да се вклучуваат и во режимот на ДДВ. Најголемиот дел од даночните ослободувања кај персоналниот данок на доход треба да се укинат. Кај данокот на добивка е потребно целосно реуредување, елиминирање на некои ослободувања кои се непотребни и може да се решат на друг начин.

Македонија, иако вели дека можеби ќе звучи субјективно, сепак и денес не отстапува од овој даночен модел. Тој неодамна за Капитал изјави дека рамниот данок добро и служи на Македонија бидејќи „земјите во развој со висока стапка на невработеност и мал економски раст е подобро да применуваат ниски и едноставни наспроти високи и комплицирани даноци“. „Искуството на Македонија со прогресивниот данок од пред 2007 година покажа дека иако имаше три стапки на данок, од 15%, 18% и 24%, сепак најголем дел од граѓаните плаќаа персонален данок по најниската стапка. Тоа значи дека побогатите наоѓале разни начини да го избегнат оданочувањето по повисоки стапки, така што при прогресивен даночен модел, ризикот од даночна евазија е многу поголем“, истакна Славески. Тој вели дека СДСМ во менувањето на даночната политика има козметички пристап, односно мерки кои што се сведуваат на поголемо оданочување на богатите граѓани, а според него, причините за нееднаквоста само делумно може да се бараат во отсуството на прогресивни даноци. Контра прогресивен даночен модел став има и полскиот економист Лешек Балцерович, кој што се смета за архитект на полската трансформација од социјализам во капитализам. Тој неодамна во интервју за Капитал призна дека не требало да го послуша ММФ кој сугерирал прогресивен данок наместо рамно оданочување и иако ММФ нема јасна позиција околу моделот на оданочување на приходите, според него, на некој начин поддржува прогресивно

КА ДА НЕ БИДЕ НАГЛО, ТУКУ ДА СЛЕДИ ЕКОНОМСКА ДЕБАТА


www.kapital.mk

Капитал број 919 09.06.2017

12

COVER STORY

оданочување. „Мислам дека сиромаштијата не може да се искорени или барем намали преку зголемување на давачките за побогатите. Тоа се прави преку отворање на нови работни места. Сиромашните нема да станат побогати ако државата одзема поголем дел од доходите на побогатите. Но, ако приходите на богаташите всушност доаѓаат од нивните врски со властите, тогаш тие врски мора да се прекинат. Според мене, клучно е да се надмине нееднаквоста во можностите во едно општество, односно еднакво талентирани луѓе да имаат ист пристап до образование“, истакна Балцерович. Од персоналниот данок на доход, минатата година се слеаја 230,9 милиони евра во државната каса. Нема проценки колку дополнителни приходи ќе се слеат во Буџетот кога ќе се воведе прогресивна стапка. Меѓутоа, анализата на даночниот модел

во земјите од Европската Унија покажува дека најголем дел од членките, применуваат прогресивен персонален данок на доход. Така на пример, во Австрија се применуваат шест различни стапки на данок што варираат како што се зголемува годишниот приход на граѓаните. Оние што заработуваат до 11 илјади евра годишно се ослободени од данок, за приход од 11 до 18 илјади евра се плаќа данок од 25%, до 31 илјада евра даночната стапка се зголемува на 35%, па 42% за приходи во вредност до 60 илјади евра, 48% за приходи до 90 илјади евра и нависока даночна стапка од 50% за оние копи што заработуваат над 90 илјади евра годишно. Слични даночни стапки во зависност од висината на приходите, кои што достигнуваат и до 50% се применуваат во повеќе земји и тоа Германија, Велика Британија, Франција, Холандија, Италија, Португалија, Шпанија. Само шест од 28 земји од ЕУ тековно

применуваат рамен данок. Тоа се источно европските земји Естонија, Литванија, Летонија, Романија, Бугарија и Унгарија.

Ниски даноци, високи задолжувања

Компаративната анализа на даночните системи во Европа покажува дека Македонија спаѓа во земјите со најниски даноци, откако се воведе рамниот данок од 10% пред десетина години. Стапката на данокот на додадена вредност (ДДВ) од 18% исто така ја рангира земјата на дното на листата според висината на овој данок. Меѓутоа, претходната власт која што и во услови на голема финансиска криза на која што не и одолеаја и поразвиените земји и беа принудени да ги зголемуваат даноците, намалувањето на приходите во државната каса ги надоместуваше со повисоки задолжувања. Па така, јавниот долг во последните десет години е зголемен двојно. Ако во 2007 година, јавниот долг изнесувал 25,8% од



www.kapital.mk

Капитал број 919 09.06.2017

14

COVER STORY

БДП, на крајот на 2016 година достигна 47,8%. Или, во апсолутни бројки, од 1,57 милијарди евра, долгот за десет години е поголем за дури 3,14 милијарди евра. Економскиот ефект, пак, од оваа политика на задолжување, изразен преку економскиот раст е просечна стапка од 2,8% за десет години. ММФ изрази загриженост токму поради брзото зголемување на јавниот долг од една страна, и непродуктивното трошење на позајмените пари од друга. Анализата на буџетските трошења во последните десет години, покажа дека Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ потрошила вкупно 25 милијарди евра народни пари, но само 1,2 милијарди евра ги инвестирала во градежни објекти. Ова се податоци од завршните сметки на буџетите од 2007 до 2015 година и податоците за извршување на буџетот за 2016 година, кои што покажаа дека сумата за изградба на патишта, железнички пруги, училишта, но и објектите од проектот Скопје 2014 е само 4,8% од вкупно потрошените пари. По одделни години, најмногу пари во градежни објекти државата инвестирала во 2015 година, вкупно 176,4 милиони евра, а најмалку во 2007 година кога се инвестирале 78,5 милиони евра. Но, поразително е што дури ниту овие 1,2 милијарди евра не се потрошиле целосно за развојни проекти. Се проценува дека половина од парите завршиле за изградба на зградите, фасадите, спомениците, плоштадите и сите други објекти од проектот Скопје 2014 кој што според последните пресметки од базата на податоци на БИРН, чини 670 милиони евра.

Помали придонеси за големи пензиски проблеми

Како дел од даночната политика на ниски даноци, претходната власт во првите неколку години од владеењето почна да ги намалува и социјалните придонеси со образложение дека со тоа се создаваат подобри услови бизнисот да креира повеќе работни места со кои што ќе се надоместат и потенцијалните загуби на приходите од придонесите. Финансиската кондиција на пензискиот фонд почна да се влошува од 2008 година наваму откако властите одлучија да ја намалат стапката на придонес за пензиско осигурување од 21,2% од основицата, на 18% колку што е и денес. Аналитичарите велат дека намалените придонеси не обезбедија поголеми приходи од придонеси преку поттикнување на вработеноста туку креираа поголем дефицит во пензискиот фонд. Па така, годинава повеќе од половина од пензиите на вкупно 312.858 пензионери догодина ќе се исплатат со префрлање на пари од државната каса. Од вкупно 832,7 милиони евра колку што ќе бидат потребни за исплата на пензиите, дури 452,6 милиони евра, односно 54,3% ќе дојдат како трансфер од Буџетот бидејќи приходите од придонесите за пензиско осигурување не се доволни. „Состојбата со пензискиот систем е еден од најгорливите проблеми во моментов. Пензискиот фонд скоро половина се финансира од општото оданочување. Повеќе би рекол дека се неопходни некакви промени во делот на пензискиот придонес, вклучително и поголема реформа на пензискиот систем, отколку итна и необмислена промена на даночниот систем“,

оценува професорот Петрески. Проблемите со исплатата на пензиите ги загрижија и меѓународните финансиски институции како ММФ и Светска банка кои во своите последни извештаи предупредија дека дефицитот во Фондот за пензиско осигурување е прилично голем со тенденција да расте. „Без реформи и со намалувањето на работоспособното население, пензискиот дефицит се проектира двојно повеќе да се зголеми до 2030 година“, предупреди ММФ. Во својата последна анализа за македонската економија, монетарците предупредија дека јавните финансии се соочуваат со долгорочните предизвици поради стареењето на населението. „На 4,5% од БДП, дефицитот на пензискиот фонд на Македонија е прилично голем. Ова е одраз на релативно големите поволности, ниските стапки на придонеси и ниското учество на работната сила“, пишува во извештајот на ММФ и во продолжение ги охрабрува властите да ги разгледаат следните опции како средства за да се обезбеди долгорочна одржливост на пензискиот систем. „Зголемување на законската возраст за пензионирање со оглед на големиот јаз во однос на просекот во ЕУ; ревидирање на индексацијата според индексот на цените на трошоци на живот во согласност со многуте земји во ЕУ; спроведување реформи за зголемување на учеството на работната сила, особено на жените (кое е едно од најниските во Европа), и разгледување на можно зголемување на стапките на придонеси, доколку одржливоста не е обезбедена преку други мерки“, сугерира ММФ. nnn

НОВ ДАНОЧЕН МОДЕЛ: ТРИ СТАПКИ НА ПЕРСОНАЛЕН ДАНОК НА ДОХОД


НЛБ Станбени кредити

Твој дом, твоја слобода! Аплицирајте за НЛБ Станбените кредити до 31 - ви мај и искористете ги промотивните поволности! • Без трошоци за проценка. • Без трошоци за одобрување за сите Ризико станбени кредити и 50% пониски манипулативни трошоци за останатите Станбени кредити. • Пониски каматни стапки и поповолни услови за приматели на плата во Банката. • Бесплатна полиса за осигурување на станот за првата година. • Бескаматен Happy + инстант кредит за опремување на станот. • Бесплатна Visa Classic и Mastercard Standard кредитна картичка.

www.nlb.mk www.nlbtb.mk

Контакт центар: 02 / 15 600


Капитал број 919 09.06.2017

16

www.kapital.mk

ПОЛИТИКА

ЗАЕВ НАЈАВИ НАЈСЕРИОЗНА Р

АКО И НЕМА “ГЕНЕРАЛКА“, БАРЕМ ДА СЕ ПРОЧИСТАТ МЕСТАТА КАДЕ СУДСТВОТО Е НАЈИЗВАЛКАНО За најавениот генерален реизбор на судиите, експертите сметаат дека е тешко изводлив, но потенцираат оти итно потребните реформи во правосудството не смеат да трпат поради тоа, и треба веднаш да почнат


www.kapital.mk

Капитал број 919 09.06.2017

17

РЕФОРМА ВО ПРАВОСУДСТВОТО

фото: freepik.com


www.kapital.mk

Капитал број 919 09.06.2017

18

ПОЛИТИКА

пишува:

T

Максим Ристески

maksim.risteski@kapital.mk

Тешката дијагноза за македонскиот правосуден систем и соодветната неопходност од негова реформа никој не ја оспорува, со исклучок на одредени партиски војници обврзани да бранат политички позиции независни од стварноста. „Состојбата се уназадува од 2014 година и достигнувањата на реформскиот процес од претходната декада се поткопани од постојаното политичко вмешување во работата на правосудството“, велат клучните наоди од извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија во 2016 година. А, „Македонија ќе биде правна држава најсериозна реформа ќе биде реформата во правосудството“, изјави премиерот Зоран Заев, во експозето во Парламентот

како мандатар за состав на новата Влада. Тој во име на неговата Влада се обврза дека ќе бидат создадени услови за независен и ефикасен правосуден систем, и во контекстот најави реизбор во судството „според познатите европски пракси, далеку од рацете на политичарите“. За овој најавен генерален реизбор на судиите, експертите сметаат дека е тешко изводлив, но потенцираат оти итно потребните реформи во судството не смеат да трпат поради тоа. Околностите против реизборот се што судиите имаат траен мандат и уставни гаранции за својата независна позиција, а за промена на Уставот и на Законот за судови е потребно двотретинско мнозинство. Дека и самиот премиер Заев, барем во оваа фаза, со најавата за реизбор на судиите всушност само укажува на габаритот на потребните реформи, потврдува и програмата на Владата. Таму стои дека измени ќе има во законите за кои се доволни гласовите на пратениците кои ја поддржуваат Владата, а за она што бара двотретинско мнозинство ќе биде

почнат дијалог за постигнување поширок консензус за реформи. „Владата на Република Македонија ќе работи на создавање услови за независно, департизирано и ефикасно судство со цел правдата да биде достапна до сите. За таа цел, за законите за коишто е доволно апсолутно мнозинство во Собранието ќе предложиме законски измени, а за областите за кои е потребни 2/3 мнозинство, ќе отпочнеме дијалог во Собранието со цел постигнување поширок консензус за реформи“. Во владината програма стои дека до Парламентот ќе бидат предложени законски измени за зголемување на транспарентноста во работата на Судскиот совет (за негова поголема професионалност, независност и совесност во работата); за реформа на Академијата за судии и јавни обвинители; за укинување на Законот за одредување на видот и одмерување на висината на казната (како закон кој содржи парадоксални и неодржливи решенија). А Владата планира да отвори и дијалог во Собранието за обезбедување поширока поддршка и мнозинство за воведување

КАДРИУ: ПРВО ТРЕБА ДА ИМА РАЗРЕШУВАЊА ПО ПОЛИТИЧКА ОДГОВОРНОСТ


www.kapital.mk

Капитал број 919 09.06.2017

19 специјализирано одделение во судот за постапување по предметите кои се во надлежност на Специјалното јавно обвинителство; за уставни реформи на Судскиот совет, како и за измени на Законот на судови, поради воведување јасни критериуми за избор, напредување и разрешување на судиите; и за темелни реформи во Јавното обвинителство.

Што дијагностицира и препорачува Прибе?

„Преземаме обврска целосно да ги имплементираме Итните реформски приоритети од извештајот на Прибе“, рече Заев во експозето како мандатар. Станува збор за често споменуваниот извештај на групата формирана од Европската комисија, на независни искусни експерти предводени од Рајнхард Прибе, која по политичката криза што настана со објавувањето на „бомбите“ беше во Македонија за да направи анализа и да даде препораки, вклучително и за индикациите за неприфатливо политичко мешање во номинацијата/назначувањето на судии. Во извештајот на Прибе стои дека во судската и во јавнообвинителската служба треба да се работи за да се избегне впечатокот, „оправдан или не, за постапување со случаите на селективен и

А

П

ОСМАН КАДРИУ професор

риоритетите од извештаите на ЕК, и особено од извештајот на Прибе, бараат да се изврши прелиминарна интервенција во судската власт околу почнување на постапките и кривичните предмети што се оформени и допрва ќе бидат оформени од „бомбите“.

небалансиран начин, а во многу области ова изгледа дека се случува“. Експертите на ЕК пишуваат и за перцепцијата дека во случаите кои се предмет на интерес на политичарите, вообичаените правосудни стандарди се ставаат настрана. „Многу судии веруваат дека унапредувањето во рамките на судството е резервирано за оние чиишто одлуки го фаворизираат политичкиот естаблишмент. Во судската постапка не смее да постои такво нешто како што е „политички случај““, стои во извештајот на Прибе, каде се вели и дека „постои политичка димензија

ИЏЕТ МЕМЕТИ

народен правобранител

ко го читаш извештајот на Прибе сериозно, за да видиш каде потфрлил нашиот систем, ќе се уплашиш. Зашто ќе се чувствуваш немоќно како правник и како човек.

при назначувањето на обвинители“, а оти кај назначувањето на судии, „постои недостаток од транспарентност и во случај на стандардите за назначување и во процедурата“. „Перцепцијата е дека, особено во врска со унапредувањето на судиите на повисоки позиции, политичките причини преовладуваат и има докази во протечените прислушувани телефонски разговори што го поддржуваат гледиштето дека оваа перцепција е оправдана“, вели извештајот. Прибе и експертскиот тим што го предводел заклучуваат дека тест за функционирањето


Капитал број 919 09.06.2017

20

ПОЛИТИКА

на судството и на јавното обвинителство е справувањето со бројните постоечки или следни случаи и истраги поврзани со прислушуваните разговори. Препораките на Прибе се назначувањето и унапредувањето на судии и обвинители да биде деполитизирано, според транспарентни, објективни и строго засновани на заслуги критериуми, и со користење на транспарентни процедури што треба да бидат воспоставени со закон и не само со интерни правила. Потоа, во извештајот стои препораката дека членовите на Судскиот совет мора да бидат избирани единствено од редот на најстручните судии и најистакнатите и најискусни правници во земјата, при што треба да биде развиен во пракса јасен и предвидлив тест во врска со значењето на статутарниот термин „истакнат правник“. „Истрагите и кривичните гонења треба да бидат под секој сомнеж во врска со нивната непристрасност и еднаквиот третман на секое лице под истрага. Ова го вклучува и времетраењето на истрагите и интензитетот со кои тие се водат- спроведуваат“, се вели во извештајот, како и дека „треба да биде зајакната оперативната независност на службите за кривична истрага од политички притисоци или контрола - не треба да има простор за министерски инструкции по однос на оперативни прашања“.

Веднаш да почне долгата и тешка реформа

Експертите кои ги консултиравме сметаат дека поради проблемот со обезбедувањето двотретинско мнозинство за темелни реформи во правосудството, „засега би било најдобро решение да се оди само по основ на одговорност – да се разрешуваат одделни

www.kapital.mk „Преземаме обврска целосно да ги имплементираме Итните реформски приоритети од извештајот на Прибе“, рече Заев во експозето како мандатар

носители на правосудни функции и во обвинителската и во судската власт“, како што вели универзитетскиот професор Осман Кадриу. „Евентуалниот реизбор бара долг процес, зашто треба да се интервенира не само во Законот за судовите, туку и во самиот Устав, што со сегашниот однос на сили во Парламентот тешко може да се обезбеди. А приоритетите што произлегуваат и од извештаите на Европската комисија, и особено од извештајот на Прибе, бараат да се изврши прелиминарна интервенција во судската власт околу почнување на постапките и кривичните предмети што се оформени и допрва ќе бидат оформени од прислушуваните материјали – политичките бомби“, вели Кадриу, кој ја поздравува определбата на новата Влада, но, за која во одредени делови смета дека бара други околности, „а кај нас состојбите не дозволуваат чекање“. Според професорот треба да се види во конкретните судови кои се проблематичните судии. „Некои од нив не само не ја вршат функцијата како што треба, туку и ја злоупотребуваат. Не станува збор само за политичка одговорност што бара разрешување, туку има и такви кои вршеле дејства и постапки во кои има елементи на конкретни кривични дела, за кои кривично треба да одговараат“, вели Кадриу. Тој цени дека прво треба да има разрешување врз основа на политичка одговорност – и во основните судови, и во Апелациониот и во Врховниот суд. А за тоа да се постигне, смета Кадриу, со оглед дека истото треба да го изврши Судскиот совет, треба да се поведе постапка за одговорност и за разрешување на членови и на Судскиот совет и на Советот на јавните обвинители. „Ова е постапката што е најбрза и најефикасна за реализирање на приоритетите што произлегуваат од извештајот на Прибе“, заклучува професорот. Народниот правобранител на Република Македонија, Иџет Мемети, вели дека начинот на избор е клучен за правосудните институции, целиот тој столб на системот, да се постави, конципира и развива по европски стандарди. „Ако го читаш извештајот на Прибе сериозно, за да видиш каде потфрлил нашиот систем, ќе се уплашиш. Зашто ќе се чувствуваш немоќно како правник и како човек“, вели Мемети. Народниот правобранител смета дека на правосудниот систем во Македонија му требаат сериозни реформи, „но, треба да се има на ум дека целта е да се направи систем што ќе треба да опстои“. „Судскиот совет е направен алатка за партиски влијанија. Извршната власт со еден куп закони го измести од уставната оска. Со закони што се носат со просто мнозинство го стави под свое (како, на пример, Законот за одмерување казна на судија). Цела јавност знае дека судиите се избрани зашто се од оваа или од онаа партија. Каква доверба во судството очекуваме да имаат граѓаните?“, вели Мемети. И тој ја поздравува определбата на новата Влада кон судски систем што ќе биде гарант на правичноста и на владеењето на правото, но смета дека ќе биде многу тешко да се постигне тоа, а како парадигма во контекстот споменува оти кај народот е веќе создаден менталитет дека вака, како досега, со судии кои спроведуваат партиски агенди, не само што може, туку и оти така е нормално да биде. 



СПЕЦИЈАЛНА ЕДИЦИЈА

ТОП ИЗВОЗНИЦИ НА МАКЕДОНИЈА

23 ЈУНИ 2017

Капитал Медиа Гроуп ја подготвува седмата по ред едицијата ТОП ИЗВОЗНИЦИ, во која го анализираме работењето на најголемите и најдобри извозно ориентирани компании и индустрии во Македонија. Во време кога Македонија почнува нова страница во политиката, е вистинско време да се постават приоритетите и столбовите на новата економска политика. Новата економска парадигма на Македонија мора да биде извозот. Сите извозни компании, без разлика дали се странски или домашни, мора да имаат силна поддршка од државата, банките и институциите, ако сакаме силна економија, која нема да зависи од задолжувања. Во годинешната едиција ТОП ИЗВОЗНИЦИ на Македонија што ќе излезе на 23 јуни, ќе бидат вклучени повеќе рангирања:

l ТОП 100 НАЈИЗВЕЗУВАНИ ПРОИЗВОДИ l ТОП 20 НАЈГОЛЕМИ ИЗВОЗНИ ПАЗАРИ l ТОП 10 НАЈГОЛЕМИ НЕТО ИЗВОЗНИ ИНДУСТРИИ Исто така, во едицијата ТОП ИЗВОЗНИЦИ ќе може да прочитате и многу анализи, интервјуа, очекувања, рангирања и профили на компании:

l БИЗНИС ПЛАНОВИТЕ НА НАЈГОЛЕМИТЕ ИЗВОЗНИЦИ l КАКО ДА СЕ ПОТТИКНЕ ИЗВОЗОТ НА ДОМАШНИТЕ ИЗВОЗНИ КОМПАНИИ? l ИЗВОЗОТ НА ХРАНА

НАЈГОЛЕМ ПОТЕНЦИЈАЛ НА МАКЕДОНИЈА

l ИЗВОЗОТ НА УСЛУГИ

НАЈГОЛЕМ ЏОКЕР ЗА МАКЕДОНИЈА

l МЕТАЛУРГИЈАТА ПРЕД КОЛАПС.

КАДЕ Е СПАСОТ?

l ПРИРАЧНИК ЗА ИЗВОЗНИЦИ

БИЗНИС ПРОЦЕНКИ ЗА НАЈГОЛЕМИТЕ ИЗВОЗНИ ПАЗАРИ

Повеќе информации во врска со прилогот и за претставување во истиот можете да добиете на е-мail: marketing@kapital.com.mk l gordana.mihajlovska@kapital.mk или на телефонскиот број ++ 389 2 3298 505

ЛИЦE ЗА КОНТАКТ:

ГОРДАНА МИХАЈЛОВСКА


СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

БРЕНДОВИ

КАКО ДА ГИ ОСВОИТЕ

МИЛЕНИАЛЦИТЕ И ГЕНЕРАЦИЈАТА

Z

БРЕНД КОНСАЛТИНГ:

КАКО ЕФЕКТИВНО ДА ПРИСТАПИТЕ ДО МЛАДИТЕ ПОТРОШУВАЧИ НАЈУСПЕШНИ БРЕНД СТРАТЕГИИ НА ДИГИТАЛНОТО ВРЕМЕ:

СВЕТСКИ ПРИМЕРИ

ПОМИНА ВРЕМЕТО НА ПЛАТЕН ПУБЛИЦИТЕТ, СЕГА ТРЕБА ДА ГО ЗАРАБОТИТЕ!


www.kapital.mk

Капитал број 919 09.06.2017

24

БРЕНДОВИ

КАКО ДА ГИ ОСВОИТЕ МИЛЕНИАЛЦИТЕ И ГЕНЕРАЦИЈАТА Z

ПОМИНА ВРЕМЕТО НА ПЛАТЕН ПУБЛИЦИТЕТ, СЕГА ТРЕБА ДА ГО ЗАРАБОТИТЕ!

Стекни респект и направи влијание. Не им попувај на генерациите Y и Z. Како што научија некои големи брендови за жал, овие потрошувачи се навистина бесни кога го правите тоа. пишува:

Игор Петровски

П

igor.petrovski@kapital.mk

ериодов многу прав во светските маркетинг кругови и воопшто во јавноста, крена новата кампања на Heineken, “Open your world“ – каде што брендот политички се ангажира во обидот да се надминат предрасудите

и различните погледи на луѓето за одредени општествени прашања. Кампањата на пивскиот бренд од критича-рите е оцената како извонреден пример на адвертајзинг што нуди подлабоко значење за потрошувачите, одошто просто истакнување на атрибутите на производот. Ова особено важи за т.н. Generation Z, како и генерацијата на “милениалци“, луѓе помеѓу 15 и 30 години, нонстоп закачени

на социјалните мрежи, преку кои што всушност вирално се шират овој тип на кампањи. Што всушност се случи? Да се вратиме малку пред кампањата на Heineken. Прво, Pepsi направи реклама во која учествува американската селебрити Кендал Џенер во обид да покаже “луѓе од различен социјален бекграунд во заедништво и хармонија“. Сценариото каде што Џенер се пробива

GEN Y, Z: ДАЈТЕ ИМ СМИСЛА И ЌЕ БИДАТ НАЈГОЛЕМИ БРЕНД ПРОМОТОРИ


www.kapital.mk

Капитал број 919 09.06.2017

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

25

Фамозната кампања на Heineken насловена “Open your world” ја погоди генерацијата Z потрошувачи право во срцето ставајќи ја пораката во центарот, наместо продуктот.

меѓу толпа којашто протестира околу нешто, а потоа протестот се претвора во улична забава додека главната ѕвезда му подава лименка со Pepsi на полицаец, се покажа како катастрофално, а социјалните мрежи експлодираа од незадоволство, обвинувајќи го гигантот

за пијалаци за тоа дека го злоупотребил Black Lives Matter движењето во профитни цели. Компанијата ја повлече рекламата и и се извини на јавноста. Heineken пак, исто така со намера да ги промовира различностите како вредност во општеството, во вид на социјален

експеримент донесе на едно место, три парови од луѓе што делат сосема различни ставови околу една иста работа: феминистка црнкиња и бела конзервативец кој што феминизмот го гледа како “омраза кон мажите“. Потоа, човек што не верува во глобалното


www.kapital.mk

Капитал број 919 09.06.2017

26

БРЕНДОВИ

Рекламата со Кендал Џенер на Pepsi, иако направена со намера да промовира заедништво, хармонија и сл., доживеја фијаско

загревање и еден еколошки активист. И на крајот, трансродова жена и маж кој што верува дека трансродовото убедување “не е во ред“. Секој од паровите треба заеднички да монтира парче мебел, нешто во Ikea стил, и низ муабет да се запознаат. Но, тие не знаат еден за друг дека имаат сосема различни ставови, туку во еден момент гледаат на претходно снимено видео кој што мисли. Доаѓа непријатна секунда, и дадениот избор од Heineken: може да си заминете, или да останете, па со пивце да си ги приближите ставовите. Погодувате веќе, трите пара остануваат, наздравуваат, а рекламата завршува со пораката: “Отворете го умот. Отворете го вашиот свет.“ Пивото е тука само како спореден “играч“ со чија помош муабетот оди полесно, нели, а рекламата забележа невиден успех и за само неколку дена на YouTube каналот на Heineken стигна до преку два милиони прегледи.

Кошмар за едните, бајка за другите

Зошто Pepsi доживеа кошмар, а Pepsi слава? Како што вели Inc.com, просто е за чудење како корпорацијата можеше толку да згреши кога денес е толку лесно да се испита сентиментот на пазарот пред да ја лансирате својата маркетинг тешка артилерија. Проблемот е во тоа што Pepsi, како и многу други големи брендови, сè уште живеат во Pepsi Generation ерата на paid media (види рамка 1, н.з.) наместо да се прилагодат на менталниот склоп на т.н. Generation Z или малку постарата Generation Y – милениалци (види рамка 2, н.з.), односно paid media (види рамка 2, н.з.) Овој премин од paid кон earned или

во буквален превод од “платен“ кон “заработен“публицитет или медиумско внимание, присуство, е една од најважните иновации во маркетингот во оваа дигитална ера што ја живееме сега. Ако Pepsi ја тестираше и пуштеше рекламата прво преку лимитирани кампањи на социјалните мрежи лесно ќе ја видеа реакцијата и можеа да го модификуваат или сосема да го повлечат спотот. Тие, како што вели Forbes, не го сторија тоа затоа што сè уште се заглавени во застарен модел на paid media. Генерацијата Z, која што практично се раѓа со смартфон во рацете, порачува дека тој модел не само што е неефективен, туку и навредлив. Heineken, од друга страна, покажа респект што потоа “заработи“ респект од самиот пазар со оваа нивна најнова кампања. Кога практикувате earned media, вие ја ставате пораката во центарот, а не продуктот. А тоа е фундаменталната разлика помеѓу платениот публицитет на Pepsi, и оној освоениот, заработениот, од страна на Heineken. Компаниите како Coca – Cola, Nike, Pepsi, IBM, Procter & Gamble, и уште еден куп други корпорации и брендови, имаа(т) огромна предност на пазарот како играчи на долг рок со огромни буџети за рекламирање. Всушност, како што вели Inc.com, буџетот на P&G за рекламирање само во САД е три милијарди долари е поголем од БДП на 29 земји во светот. Pepsi, на пример, на истиот пазар троши 2,4 милијарди за рекламирање. Би помислиле дека после децении на всадување во нашата колективна свест, бренд како Pepsi би можел да се одржи и без потребата за платен адвертајзинг. Дали стварно треба да се трошат пари?

KNOW - HOW

Генерација Y или милениалци

Г

енерација за која што се смета дека е составена од луѓето родени во раните 1980-ти, па сè до средина на 1990-те или раните 2000ти, како крајни датуми на раѓање. Милениалците во принцип се децата на бејби бум генерацијата и постарите припадници на генерацијата X, карактеристиките им варираат од регион во регион, во зависност од социјалните и економските услови. Како заедничка карактеристика се смета зголеменото користење и познавање на комуникациските алатки, медиумите и дигиталните технологии. Во голем број делови на светот, нивното растење беше одбележано со пораст на либералниот пристап во политиката и економијата, а големата економска криза од 2008 имаше силно влијание на оваа генерација заради историски највисоките нивоа на невработеност кај младото население.

Секој менаџер на било која адвертајзинг агенција од светов ќе ви каже “Секако! Инаку конкуренцијата брзо ќе го заземе местото на вашиот бренд што бледнее“.

ПРОМЕНА: ГОЛЕМИТЕ БУЏЕТИ ВО МАРКЕТИНГОТ СЕГА НЕ СЕ ПРЕСУДНИ



www.kapital.mk

Капитал број 919 09.06.2017

28

БРЕНДОВИ

Но, аналитичарите на Inc.com, Forbes, Entrepreneur и др., не мислат така.

Како со буџет од 135 илјади долари се креира ефект на потрошени 150 милиони

Еден од најдобрите примери за влијание врз пазарот без енормно висок буџет за адвертајзинг е кампањата Beaty на Dove (ви текнува сигурно на рекламите со модели кои што беа репрезент на обична девојка и жена, со несовршени пропорции, дебелки и сл.), која што беше лансирана во 2004 година и во меѓувреме прерасна во своевидна револуција во индустријата за козметика

и лајфстајл. Поентата на кампањата беше медиумите манипулираат со нас, особено со жените, кои што тежнеат кон перцепција за убавина која што е всушност нереална, но и штетна по здравјето. Но, да се разбереме, кампањата беше креирана од многу скапиот тим на Ogilvy & Mather’s, што значи во суштина беше paid media. Но, некои од најуспешните спотови на кампањата беа дистрибуирани само преку социјалните медиуми за што беа потрошени многу мали буџети. Едно од највлијателните парчиња од кампањата беше видео на YouTube наречено “Evolution of beauty – Еволуција на убавината“,

кое прикажува млада жена што преку обилна шминка, осветлување и Photoshop се претвора во модел за билборд. На крајот пораката е “Не е ни чудо што нашата перцепција за убавината е изместена“. Видеото предизвика невиден публицитет и реакции на You Tube, но и во сите останати видови на дигитални и печатени медиуми, со преку триста милиони прегледи на сите канали на комуникација. А, сепак, целиот буџет за видеото беше само 135.000 долари, што во ставките на брендови како Dove, се смета за статистичка грешка. Според пресметките на Unilever, корпорацијата што го поседува Dove, генерирала

 OWNED MEDIA

Ова е публицитетот што го добивате заради содржините што ги креирате и објавувате преку каналот што вие го поседувате. Се мисли на вашиот вебсајт или блог, ebooks или пак содржината што ја дистрибуирате на вашите канали на социјалните мрежи. Owned media првенствено се постигнува преку вашата content маркетинг стратегија, односно со креирање на корисна, едукативна содржина што не е премногу “фалбаџиска“. Промовирање на оваа содржина преку социјалните медиуми е клучот за нејзина поширока дистрибуција.

KNOW - HOW

ШТО ЗНАЧИ PAID, OWNED И EARNED MEDIA?

П

оимите на paid, owned и earned media се клучни во ова време на дигиталниот маркетинг, кој што пак, не е повеќе прашање на само една стратегија. Токму затоа, важноста на добро избалансираниот маркетинг микс не смее да биде потценета. Да видиме прво, што значи секој од овие три поими:

 PAID MEDIA

Како што кажува и самиот назив (paid, од анг. платено) е било кој публицитет што го добивате, а за кого што плаќате. Во рамки на традиционалниот адвертајзинг тоа се вообичаено реклами на ТВ, радио и во печатени медиуми. На интернет пак, постојат неколку поткатегории. Pay Per Click (PPC) или плаќање по клик е популарна форма на paid media. Search engine адвертајзингот е една од најчестите форми на PPC. Огласувачите може да се наддаваат за клучните зборови што ќе бидат прикажани над

резултатите од органското пребарување во пребарувачот како Google и сл. (organic search results, односно резултати што се појавуваат заради нивната релевантност во контекст на пребаруваниот термин). Како што сугерира и називот PPC, плаќате секојпат штом некој кликне на рекламата што го носи на вашиот вебсајт. Онлајн банерите, иако им опаѓа популарноста и ефективноста, делумно и заради софтверите за блокирање реклами, спаѓаат во paid media категоријата. Уште една значајна категорија овде се и спонзорираните постови на социјалните мрежи. Промените во алгоритмите што ги воведоа сите поголеми социјални мрежи резултираа со намален т.н. organic reach, односно “природен“ досег на вашиот пост до читателите, па така секојдневно растат сумите што ги плаќаат огласувачите за да им се зголеми бројот на луѓе до коишто ќе допре нивната реклама.

 EARNED MEDIA

Ова се однесува на сета содржина и “врева“ што се создава околу вашиот бренд или производ, а што е креирана од некој друг и објавена на друго место, а не на вашите сопствени канали на комуникација. Earned media е резултат на вашите напори во paid и owned media. На овој вид публицитет може да гледате како засилување на вашата активност, кога корисниците на новинските сајтови и социјалните мрежи зборуваат за вашите кампањи и помагаат да се рашири муабетот. Earned media може да се однесува на покривање во традиционалните медиуми, спомнување на социјалните мрежи, share-ови и retweetови, рецензии за продукт или компанија, или пак блог постови вон компаниските. Зголемувањето на видливоста и досегот на вашата содржина преку активност на социјалните мрежи ќе го зголеми вашето earned media.

ПОЧИТ: ПРЕДИЗВИК Е КАКО ДА СЕ СТЕКНЕ КАЈ СОПСТВЕНИТЕ ПОТРОШУВАЧИ


www.kapital.mk

Капитал број 919 09.06.2017

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ еквивалент од платени 150 милиони долари со помош на овој буџет. Но, она што го направи најефективно е што се поврза со публиката покажувајќи дека компанијата се грижи за вредностите и предизвиците на своите потрошувачи. Кога веќе не сте принудени да купувате внимание, добивате почит од пазарот која што понатаму креира побарувачка, а тоа ви носи уште повеќе влијание преку кое растете и се развивате како бренд. Сето тоа е базирано на довербата што сте ја стекнале кај вашите потрошувачи и приврзаници на брендот. Стефани Фишер, прв човек на Global Retail Marketing Association ова го објаснува на следниов начин: “Значењето, смислата, сега се всушност новите пари. Овие деца – милениалците и генерацијата Z – се грижат за ДНК-та на вашата организација и навистина треба да сте способни да правите нешта што се значајни за нив. Овие потрошувачи влијаат едни на други како ниедна генерација досега затоа што секогаш се поврзани. Ако сте луѓе од бизнисот и имаат релација со оваа генерација која има смисла и тежина, тие ќе бидат ваши најдобри адвокати на брендот. Тие ќе бидат ваши промотори.“ Токму ова го направи најновата

29

Генерација Z

И

сто позната како iGeneration, Пост – милениалци или пак Homeland Generation во САД) е демографски сегмент на популација која доаѓа по генерацијата Y или милениалците. Не постојат прецизни временски одредници за тоа од кога почнува или завршува оваа генерација. Демографите и истражувачите обично како стартни податоци за раѓањето на оваа генерација ја користат средината на 1990-те па до раните 2000-ти. Тоа што е карактеристично за оваа генерација е користењето на интернет, социјални медиуми и технологија уште од најрана возраст. реклама на Heineken. Според многумина маркетинг експерти на планетава, ова е школски пример за тоа како да се креира значајна порака за генерацијата Z. Од само едноставно прикажување на забава и убави чувства, преминува кон

илустрирање на тоа што значи моќта на социјалните медиуми во поврзувањето на луѓето во рамки на диверзитетот на демографијата и категориите. Но, на начин што покажува почит кон гледачите. 


ЗА ГЕНЕРАЦИИТЕ ШТО РАСТЕА И РАСТАТ СО ЦЕВИТАНА Брендот Цевитана првпат се претстави пред потрошувачите во 1988 година. Оттогаш па се до денес Цевитана претставува бренд којшто е иновативен и креативен во своето претставување и комуницирање со потрошувачите. Секое менување значеше подобрување, испраќање на помоќна порака и воспоставување на посилна врска, а со тоа зголемување на својата таргет група. Цевитана, во сите овие години постоење покажа како и зошто еден бренд треба да се менува, трансформира и кон каде треба да се движи. Промените и растењето што ги презеде Витаминка за својата Цевитана, беа унапредување во повеќе аспекти, од избор на вкусови, иновативни и единствени, преку изглед и пакување, па се до ултимативната трансформација на пораките и комуникација што овој витамински пијалак ја применува. Тогаш, Цевитана ни претстави еден сосема поинаков свет, свет на виртуелна реалност на кој никој не е имун, свет во кој обичните луѓе стануваат супер херои. Во овој свет сите сакаме да живееме и да ја искусиме личната трансформација. Тоа беше одлучувачкиот чекор што придонесе за проширување на таргетите, консументите и пазарите. Цевитана во својата суштина значи растење и подобрување, а со своето егзистирање на пазарот ја поставува формулата за успешна, интерактивна и креативна комуникација. Создавањето производ подлежи на многу повеќе од функционална формула, висококвалитетни состојки, модерна производна технологија и слично. Со создавањето производ треба да се влезе во дневната рутина на потрошувачот, да стане дел од неговите катадневни потреби и да се воспостави блиска, скоро нераскинлива врска со потрошувачот. Дали Цевитаната го примени тоа? Апсолутно да, Цевитаната стана потреба на потрошувачот, незаменлив производ што е дел од движењето на потрошувачот. Поттикнато од витаминскиот состав, за задоволување на потребите од витамини во дневната исхрана и делотворната моќ на овој популарен витамински напиток што е очигледна кај сите возрасти, а особено кај децата, и уште мотивирана од блискоста и непосредната идентификација на брендот со потрошувалот, Цевитаната стана наша неопходност. Толку се наметна со својата неопходност што грижливата мајка испраќа Цевитана за својот студент, или е дел од задолжителниот пакет за одмор, летување или зимување. Цевитаната стана тоа што сме ние. Како растеме, се менуваме, се трансформираме во други личности со поинакви потреби, Цевитаната нè следи.

Токму кон ваков исход и интеракција на брендот и потрошувачот, целеше Витаминка. Брендот Цевитана, македонски производ од македонска компанија се појавува во силна конкуренција но сепак изгради свој личен идентитет, во себе вгради вредности што му беа потребни на македонскиот потрошувач и што неколебливо ги презема на себе, понесен токму од силната порака на брендот. Точно тука се воспостави идентификациското ниво на комуникација. Цевитана стана, првиот и единствениот избор за македонскиот потрошувач. Но, Цевитана претставувајќи растење, менување и трансформација низ сите овие години, и самата се менува, се надградува и подобрува. Се ребрендира во нов, иновативен дизајн, пакување и изглед. Со ребрендирањето на Цевитана се создаде една нова приказна за овој семеен пијалак. Со изменетиот изглед на производот, беа додадени и нови вредности на витаминскиот напиток, како дел од една животна приказна, како дел од секојдневието на обичните супер херои, за секој од нас што успешно се справува со предизвиците на денот. И точно затоа, Витаминка продолжувајќи ја уникатната, единствена комуникација на брендот, создаде еден виртуелен свет каде Цевитаната е таа што го поттикнува нашето менување, трансформирање во она што сакаме и мораме да бидеме. Супер татко, супер мајка, супер момче, сите супер херои за сите предизвици на денот. Уште една силна и моќна порака, што понесува и поттикнува силна врска. Уште една приказна што секое дете сака да ја доживее, а секој родител со задоволство ја раскажува. Со овој потег Витаминка повторно го направи одлучувачкиот чекор напред, демонстрирајќи проактивност на брендот, секогаш пред конкуренцијата, а сепак задржувајќи го високиот квалитет на производот. Новиот изглед е модерен, со силни и интензивни бои, коишто ја отсликуваат внатрешноста на производот, инстант витамински освежителен пијалак, што ги задоволува потребите од витамини во дневната исхрана. Со овие карактеристики, Цевитаната и понатаму останува пијалакот со кој што растеле родителите и нивните деца, со кој што ќе растат и новите генерации и ќе ги препознаваат хероите во лицата на своите родители. Цевитаната сите овие години покажа тенденција на растење и менување, но дури и достигнувајќи го статусот на суперсила, знаеме дека ќе следи уште поголема и поинспиративна приказна, содржана во оваа чаша освежителен напиток. Ретко кој бренд може да каже толку многу и да постигне толку многу, само со една чаша.



www.kapital.mk

Капитал број 919 09.06.2017

32

БРЕНДОВИ

БРЕНД КОНСАЛТИНГ

КАКО ЕФЕКТИВНО ДА ПРИСТАПИТЕ ДО МЛАДИТЕ ПОТРОШУВАЧИ Потрошувачите од генерацијата Z се најконектирани од сите генерации досега, што ја прави најлесно достапна група со помош комуникациите, на сите времиња. Иако вака на прва изгледа дека пазарот е жетва за бизнисите, маркетинг професионалците и брендовите мака мачат да изградат односи со оваа нова генерација на потрошувачи. пишува:

Игор Петровски

П

igor.petrovski@kapital.mk

ред една генерација, да се има мобилен телефон, а не пак компјутер што го собира во вашиот џеб, беше мислена именка. Но, генерацијата Z се раѓа со смартфон во рацете. Смартфон којшто е многу помоќен

одошто суперкомпјутерите од пред само неколку години. Оваа генерација на потрошувачи е најповрзана од сите генерации досега, што ја прави најлесно достапна група преку комуникациите, на сите времиња. Иако вака на прва изгледа дека пазарот е жетва за бизнисите, маркетинг професионалците и брендовите мака мачат да изградат односи со оваа нова генерација на потрошувачи. Ви нудиме неколку начини што досега во праксата се покажале како успешни.

Бидете автентични

“Бидете реални“, вели Грег Вит од Immersive, маркетинг агенција специјализирана за решенија што ја таргетираат младата генерација потрошувачи. “Додека брендовите како Pac Sun, Quicksilver или Wet Seal имаат тешкотии во конектирањето со генерацијата Z, може да учите од Levi’s. Нивната стратегија е да ја промовираат својата реалистичност преку таргетирани ниш култури и искуства што се привлечни за младите

2020: ДО ТОГАШ 40% ОД ПОТРОШУВАЧИТЕ ЌЕ БИДАТ ОД GEN Z



www.kapital.mk

Капитал број 919 09.06.2017

34

БРЕНДОВИ

луѓе коишто сакаат пристап до автентичноста на брендот.“ Levi’s стратешки ги селектира бренд амбасадорите кои што се вклопуваат во нивната ДНК. Тие може и да не се најпопуларните инфлуенсери на социјалните мрежи, но имаат “персоналити“ што одговара на брендот.

Одете “native“

“Врвните маркетери денес ги разбираат своите потрошувачи на фундаментално ниво“, вели Џош Стејмл, шеф на дигиталната маркетинг агенција MWI. “Ние работиме со Berrics (приватен скејт парк во Лос Анџелес, САД, н.з.) во моментов, чијашто публика се главно мажи во своите тинејџерски години или рани 20-ти, а причината зошто сопствениците се толку успешни со својот маркетинг е затоа што израснале во скејтбординг индустријата и ги познаваат своите клиенти како сопствената дланка. Тоа е како да учите јазик – ако не сте пораснале со него, никогаш нема да го разбирате

интуитивно како мајчин јазик.“ Стејмлер, и самиот скејтер инаку, вели дека никаква количина на податоци или истражувања не може да го замени тоа што ја познавате добро публиката која ја таргетирате. Ако вашата компанија нема луѓе што имаат емпатија за младите генерации, ангажирајте такви професионалци веднаш. Nike, на пример, имаше очаен обид да влезе на скејтбординг пазарот во 1990-те и покрај огромните маркетинг буџети. Сè додека Nike не стави скејтери да го контролираат процесот на дизајн и маркетирање на облеката за овој спорт.

Фокусирајте се

Многу компании се расплинуваат обидувајќи се да зборуваат на премногу јазици со премногу типови на потрошувачи. Бизнисите често се грижат за тоа дека со фокусирањето кон една публика, може да загубат друга, но нема потреба за тоа: до 2020 година, генерацијата Z ќе претставува 40% од сите потрошувачи на планетава. 

Употребете вистински “ROI”

К

ога ќе слушнам ROI, мислам на поврат на интеракција, а не на инвестиција (Return on interaction наместо Return on investment), вели Конор Блекли од YouthLogix за Fortune. “Треба да зборувате со нив, а не ним да им зборувате. Преку интеракции што

имаат смисла, ќе најдете точки на спојување помеѓу вашиот бренд и потрошувачите.“ Не користете ги социјалните медиуми како Snapchat небаре се модерна верзија на телевизијата. Бидете активни заедно со вашата публика, и слушајте ја. Најуспешните маркетери на генерацијата Z попрво ќе потрошат време за слушање на своите потрошувачи и разбирање што тие сакаат, одошто да исфрлаат постојано некакви решенија и да се надеваат дека нешто ќе се закачи.

Размислувајте брзо

С

о толку многу барања, но и опции од коишто може да избира, денешната младина изгледа повеќе си го цени времето одошто нејзините претходници. Не дека генерацијата Z покусо време може да ја задржи концентрацијата: многумина можат во еден здив да прочитаат илјада страници од Хари Потер, или пак да изгледаат половина сезона од ТВ серија за неколку саати. Но, содржината што не им е интересна веднаш е заменета од друга. “Брендовите мора да преминат на суштината веднаш“, вели Џордан Гонен, автор и консултант. “Инаку, генерацијата Z ќе ве батали. Тие знаат дека имаат мноштво од други можности.“ Форсирајте куси, концизни твитови, и видеа што ве плескаат в лице веднаш со пораката. Сте забележале дека YouTube остава пет секунди да се погледне некоја реклама пред да прескокнете на содржината што ја сакате? Подобро осигурете се дека ќе предизвикате ефект во тие пет секунди, затоа што тоа можеби е единствената шанса што ја имате кај некои потрошувачи.

Заблагодарете се со некакво подароче

Л

ојалните потрошувачи често се спремни да ви го дадат своето име и имејл адресата ако им дадете некакво подароче. Синџирот ресторани Chipotle од САД, тоа го испраксира добро, со својата платформа guachunter.com каде што ги наградува своите потрошувачи со бесплатен гвакамоле сос. “Ако онлајн понудата ја направите комплексна, наместо едноставна и јасна, може да изгледа контрапродуктивно. Но, ако таа комплексност е добро направена и во вистински амбиент, може да води до поголема активност и лојалност на потро-шувачите.“, вели Дип Пател, претприемач и автор.

БРЗИНА: БРЕНДОВИТЕ МОРА ДА ПРЕЈДАТ НА СУШТИНАТА ВЕДНАШ



www.kapital.mk

Капитал број 919 09.06.2017

36

БРЕНДОВИ ПЕТ ПРАВИЛА ЗА УСПЕШНО БРЕНДИРАЊЕ СО ПОМОШ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МЕДИУМИ Ако сакате да направите квалитетна конекција со вашите потрошувачи преку социјалните медиуми, еве пет стратешки чекори препорачани од Entrepreneur. транспарентни 1.Бидете и искрени

Првата и можеби најважната стратегија за привлекување внимание на социјалните мрежи е да се биде транспарентен. Транспарентноста и автентичноста се клучот за хуманизирање на вашиот бренд. Искреноста е битна, дури и ако тоа значи дека треба да ги признаете своите слабости и спремноста да учите од грешките. Зошто? Затоа што потрошувачите во принцип се скептични и редовно ја преиспитуваат автентичноста на содржината постирана онјалн. На пример, истражувањето на ИТ компанијата Adobe спроведено во декември 2015-та покажало дека 61% од американските потрошувачи преиспитуваат дали и новински напис е непристрасен, а не пак брендирана маркетинг содржина. Брендовите што премногу промотивно се однесуваат на социјалните мрежи, се неискрени или преокупирани со самите себе ќе имаат проблеми да допрат до поголем број потрошувачи. Да се биде транспарентен покажува дека сте ранливи, а ранливоста гради хумана релација, односно доверба.

позитивно 2.Градете искуство на брендот

Потрошувачите ги базираат своите купувања врз перцепцијата на брендот. Како компанијата ќе се гледа и сфати од страна на публиката е мотивирачки фактор што многу често е поважен одошто квалитетот на производот. Обично ги прашуваме своите пријатели, читаме критики, дури и своите контакти на социјалните мрежи ги контактираме за совет пред да донесеме одлука за некакво купување. Речиси 90% од купувачите ги читаат коментарите од други кога купуваат онлајн. Позитивното искуство пренесено од човек на човек може да направи поголем ефект одошто некаква дизајнирана кампања.

3.Фокусирајте се на пријателите

Факт е, луѓето веруваат на луѓе. И луѓето купуваат од луѓе, не од брендови. Еден од најлесните начини да се поврзете со целна група од публиката е да најдете некој популарен член на социјалните мрежи да го претстави вашиот производ или услуга. Автентично, се разбира – погледнете под бр.1). Т.н. инфлуенсери имаат голема моќ кога станува збор за маркетинг промоција. Дали тие ќе фаворизираат нешто или не, многу ќе влијае врз одлуката на потрошувачите да купат. Зборувајте со вашите потрошувачи не преку вашиот бренд, туку преку нивните пријатели со кредибилни препораки. Ако некој сподели позитивно искуство со вашиот бренд со своите пријатели на социјалните мрежи, ефектот може да биде многу поголем одошто традиционалниот адвертајзинг.

подлабока, полична и похумана врска 4.соГрадете вашите потрошувачи

Потрошувачите се насекаде по социјалните мрежи. Иако постојат повеќе начини за интеракција, ќе се издвојат оние брендови што ќе ги насочат своите потрошувачи на вистинската платформа, на вистински начин, креирајќи искуства за паметење. Да се биде прониклив значи да знаете каде вашата целна група го минува времето. Но, тоа е само првиот чекор, затоа што на успешните брендови не им е доволно само да разберат каде им се потрошувачите, туку ќе знаат и како да се поврзат со нив начин што ќе има смисла. На пример, повеќето брендови знаат дека видеото е голема работа на социјалните мрежи. Но,

видео што е лесно и брзо за гледање е вистинскиот предизвик. Претходно споменатата студија од Adobe покажала дека кога потрошувачите имале само 15 минути за консумирање на некоја содржина, 63% од нив би претрчале преку повеќе написи за најновите трендови, на пример, одошто да читаат некоја подолга анализа, додека 57% попрво би гледале видео за некоја важна вест, одошто да ја читаат веста. Голем број потрошувачи, особено т.н. генерација “милениумци“ (родени помеѓу 1980 -2000) поминуваат многу време на апликациите за кратки пораки како WhatsApp, Snapchat и др., со што креираат потреба од персонална содржина што е повеќе во контекст “еден кон еден“ одошто “еден кон многумина“. Релативно малку брендови откриле најдобар начин за користење на овие платформи . Најуспешните примери пробаа со развој на “зад сцената“ содржина (прошетка низ компанијата, еден ден со вработените и сл.) со тоа што ќе стават реални ликови и значајни моменти за компанијата пред своите потрошувачи. Така се развива подлабока, повеќе лична и похумана врска со потрошувачите со помош на овие платформи.

ги технолошките трендови 5.Сфатете

На крајот, потрошувачите што најмногу време поминуваат на социјалните мрежи, се од помладата генерација (претходно споменатите милениумци). Тие се веќе обилно “дигитализирани“ и наскоро ќе бидат донесувачи на бизнис одлуките во овој свет. Отсега натаму тие ќе очекуваат брендовите да бидат поврзани, што значи ќе очекуваат не само креирање mobile commerce искуства туку и мултиканален пристап. На пример, малопродажен трговец може да има физичка продавница, вебсајт и мобилна платформа, а потрошувачот да може да го почне купувачкиот процес на еден канал и да го заврши на друг. Во меѓувреме, дигиталниот купувач ќе остави трага секаде кај што пребарувал, што ќе му овозможи на трговецот да има широк поглед на неговите купувачки навики и ќе доведе до поголема персонализација.

ИСКУСТВА: 90% ОД ОНЛАЈН КУПУВАЧИ ЧИТААТ КОМЕНТАРИ ОД ДРУГИ


“...and OMEGA is the watch that went to the Moon.”

GEORGE CLOONEY’S CHOICE #moonwatch AVAILABLE AT :

ул. Македонија бр. 29.


www.kapital.mk

Капитал број 919 09.06.2017

38

БРЕНДОВИ

СВЕТСКИ УСПЕШНИ ПРИМЕРИ НА EARNED MEDIA

КАКО ПОТРОШУВАЧИТЕ РАБОТАТ ЗА БРЕНДОВИТЕ пишува:

Игор Петровски

igor.petrovski@kapital.mk

К

ако што спомнавме во првата тема од овој специјален прилог, earned media значи публицитетот што вашиот бренд го добива ако исполни два критериуми: 1) да не сте платиле за тоа (тоа е “paid media“) и 2) не сте сториле ништо сами преку вашиот сопствен канал –

социјална мрежа, вебсајт и сл. (тоа е “owned media). Earned или “заработен“ публицитет, може да биде резултат на вашата промотивна стратегија, како на пример, кога испраќате соопштение за јавност и добивате вест или сторија во весник, ТВ и сл. Некои мислат дека earned media е word of mouth во дигиталниот свет: тешко е да се добие, невозможно да се купи. Според некои светски истражувања, 77% од луѓето поверојатно е дека би купиле продукт

Coca – Cola: “Share a Coke“ кампањата

П

ред три години, Coca – Cola реши да направи нешто поинаку и ја лансираше кампањата “Share a Coke” со тоа што испринта различни имиња на луѓе на своите шишиња и лименки. Оваа кампања каде што производите добија персонализирачка нота беше многу успешна и предизвика пораст на продажбата на газираните пијалаци на брендот за 2%, со што се смени трендот на опаѓање кој траеше цела деценија. Кампањата исто така им даде на потрошувачите можност да се изразат себеси со помош на шише Coca – Cola и да го споделат тоа искуство со некој друг. Брендот доби огромни количини на медиумско внимание заради оваа кампања, а потоа кампањата се надгради со тоа што на етикетите од шишињата беа испринтани стихови од популарни песни.

ако за него чујат од пријатели одошто од реклама, додека 92% велат дека му веруваат на заработениот публицитет, а само 50% на платените реклами. Тоа значи дека earned media е многу значаен за брендовите, а во светот има компании што досега креираа стратегии со одлични перформанси во поглед на инволвираност на публиката, стекнување нови потенцијални клиенти и нови приходи. Споделуваме со вас неколку такви примери.


www.kapital.mk

Капитал број 919 09.06.2017

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

39

SalesForce: What is Cloud Computing?

С

ветскиот лидер во customer relationship management (CRM) софтверски услуги направи одлична работа со своето три-минутно клипче во кое што објаснува што значи cloud computing. Компанијата работи во business – to – business (B2B) сегментот, а услугите што ги нуди се всушност cloud computing, а видеото постигна преку 1,8 милиони прегледи на YouTube каналот за кратко време, преку 3.700 лајкови и 600 коментари. Уште повеќе, дури и фирми конкуренти на SalesForce го користеа видеото за да објаснат што значи cloud computing на своите клиенти.

Споделуваме со вас неколку промотивни кампањи што големи светски брендови ги имаат направено последниве години, користејќи ја пред сè моќта на социјалните медиуми и публицитетот што го имаат добиено, а што не е базиран исклучиво врз основа на платени реклами.

Lincoln: серијата реклами со Метју Меконахи

И

сто така интересен пример на earned media е серијата на реклами за автомобилскиот бренд Lincoln со холивудската ѕвезда Метју Меконахи во главната улога, која што предизвика потоа и многу earned media во форма на пародии, коишто ги направија меѓу другите, и некои познати ТВ водители, музичари, итн. Ефектот беше дотолку поголем, не само заради големиот број на пародии со добра продукција, туку и оригиналните реклами на Lincoln беа предмет на конверзација по социјалните мрежи неколку месеци. На YouTube пародиите постигнаа околу 20 милиони прегледи, додека оригиналните четири видеа генерираа околу 5 милиони прегледи.


www.kapital.mk

Капитал број 919 09.06.2017

40

БРЕНДОВИ Target: “Acceptance“ кампањата

А

Dove: The Truth about Beauty

З

а овие кампањи спомнавме во првиот текст од овој прилог, но тука уште еднаш да потенцираме зошто козметичкиот бренд постигна толкав успех со нив, откако ја лансираше првата во 2004 година. Dove прво објави статистика дека само 4% од жените во светот се сметаат себеси за убави и оваа информација ја искористи да лансира кампањи што ќе ги охрабрат жените да се гледаат себеси попозитивно, а се здружи и со непрофитни организации за да се зголеми ефектот од кампањите. Можеби најинтересна и широко споделувана по социјалните мрежи беше онаа насловена “Real Beauty Sketches”. Во триминутното видео се прикажува цртач на ликови какви што користи полицијата во потрага по престапници, којшто црта портрети на жени – прво врз основа на нивните сопствени описи, а потоа базирано на описот на друг човек. Разликата помеѓу двата цртежи е шокантна и со тоа само ја поткрепува поентата на Dove дека жените мора да се гледаат себеси попозитивно. Со преку 114 милиони прегледи видеото стана едно од највиралните комерцијални видеа во историјата, беше аплудирано на 25 јазици и гледано во 110 земји. Луѓето беа многу инспирирани и сакаа да го споделуваат со своите пријатели.

State Farm: видеото со Вилијам Шетнер

В

о 2011 година, американската осигурителна компанија State Farm се здружи со славниот глумец Вилијам Шетнер и продуцираа кратко видео наречено “Eat, Fry, Love” во кое што тој има проблем да испече мисирка во специјалниот сад наменет за тоа, а потоа им објаснува на гледачите како правилно да го направат тоа. Како резултат на видеото и кампањата за безбедност од пожари, компанијата значително ги намали отштетните побарувања за пожари во домаќинствата предизвикани за време на готвење.

мериканскиот малопродажен синџир во 2010 година ја повика јавноста да испрати снимени видеа од реакциите на млади кога ја дознаваат веста дека се примени на колеџ. Оние што ги погледнаа видеата, а кампањата предизвика огромен публицитет, имаа прилика да ја видат нервозата, но потоа неизмерната радост на матурантите кога ги отвораат ковертите од колеџите со добрата вест. Но, кампањата имаше и подлабока цел. Target сакаше да привлече внимание кон своите напори да го поддржува образованието, мотивирајќи ги на тој начин и останатите компании да ја зголемат свеста за општествената одговорност што ја имаат. Кога кампањата почна, Target се обврза дека ќе ја удвои сумата од 500 милиони долари донирана за образовни цели во следните години, а таа цел ја постигна во 2015, кога објавија дека стигнале до една милијарда долари донации.

MarketingProfs: Blog Post

В

о 2015 година, онлајн платформата за едукација во областа на маркетингот, MarketingProfs го објави написот “Six Crucial Atributes of a Successful Business Blog” (Шест клучни карактеристики на успешен бизнис блог). Написот објаснува како успешен бизнис блог се вклопува во контент маркетинг стратегиите; кои одлики треба да ги поседува бизнис блог за да биде квалитетен и како да се мери тој успех. Написот одлично искомуницира со таргет публиката затоа што за кусо време имаше преку 5.000 прегледи и преку 1.500 споделувања на социјалните мрежи. На крајот на постот, од MarketingProfs имаа ставено повик за потенцијалните корисници, во стилот “Проверете ја нашата електронска книга Business Blogging Secrets Revealed за дополнителни информации и совети...“ Ова е одличен пример како може да искористите earned media со цел да наведете потенцијални купувачи кон вашиот основен производ.


www.vw-komercijalnivozila.com.mk

VaN Of tHe Year

новиот crafter интернационален VaN на годината

ПорШе лиЗинг ПаКет - Прва региСтрациЈа - КаСКо За 1 денар - УЧеСтво 15% - Период до 72 МеСеци - 2 редовни СервиСи Понудата трае до 19.07.2017 година и важи за сите возила од гамата на Volkswagen комерцијални возила. Лизинг пакетот е достапен со учество од 15% до 50%, период на отплата од 48 до 72 месеци, промотивна камата од 7% и КАСКО за 1 ден односно целосно каско за првата година, со договор за лојалност склучен на времетраење на договорот за лизинг со Еуролинк осигурување. Порше Скопје бул. Босна и Херцеговина 4, 1000 Скопје 02-26 26 266 / 02 / 26 26 466

АБ Ауто ул. Гоце Делчев бр. 107 2400 Струмица 034 325 443 / 034 325 443

АЛ & ДО Охрид Св.Еразмо Оровник-Дебарца 6000 Охрид 046 261 599 / 046 262 374

БИС Ауто Краварски пат бб 7000 Битола 047 236 314 / 047 231 507

Делукс Ауто ул. 500 бр.55, 1300 Куманово 031 444 999

Колевски Палмиро Тољати бб 1000 Скопје 02 521 454 / 02 25 21454

Старт ул. Борис Кидрич 1, 1442 Демир Капија 043/366-207; 366-504

Центрум Маршал Тито бб 1200 Тетово 044 351 333 / 044 351 335


www.kapital.mk

Капитал број 919 09.06.2017

42

СВЕТ БИЗНИС И ПОЛИТИКА

БРИСЕЛ ПРЕДЛАГА РЕФОРМИ ЗА ПОСИЛЕН ЕКОНОМСКИ И МОНЕТАРЕН СОЈУЗ

ЕВРОЗОНАТА ЌЕ ИМА МИНИСТЕРСТВО ЗА ФИНАНСИИ, БУЏЕТ И ЌЕ ИЗДАВА ОБВРЗНИЦИ

Е

Економскиот и монетарниот сојуз треба да останат отворени за сите држави членки на Европската унија (ЕУ), а процесот на одлучување да стане потранспарентен. Еврозоната да добие можност да издава еврообврзници и да има сопствено министерство за финансии. Тоа се дел од идеите на Европската комисија (ЕК) за продлабочување на интеграцијата во областа на единствената валута, кои се разгледуваат да се преземат откако Велика Британија ќе ја напушти ЕУ. Брисел остава на владите во ЕУ да одлучат кои од идеите им се допаѓаат и треба да бидат воведени. Планот за продлабочена интеграција треба да се исполнува во две етапи – првата до 2019 година и втората до 2025 година. Во Истражувањето чија што цел е да се поттикне дебата помеѓу владите во еврозоната, Европската комисија предлага решенија што можат да се преземат за да се засили економскиот и монетарниот сојуз до 2025 година. Сценариото за министер за финансии, кои ќе управува со општите приходи, расходи и со емитувањето на еврообврзници во име на еврозоната, се дискутира веќе неколку месеци во Брисел, но сега изгледа поверојатен, откако центристот Емануел Макрон стана претседател на Франција, пишува Ројтерс.

Германските конзервативци не ја одобруваат идејата, која според нив, ќе означува тие да плаќаат за победните соседи или за невнимателните политики. Но, канцеларот Ангела Меркел ја поздравува победата на Макрон, а високи претставници на ЕУ не ги кријат надежите дека правителствата ќе започнат да работат по план за една посплотена еврозоната од следната година.

Предлози за реформа

Извештајот на ЕК ги анализира можните реформи во еврозоната по должничката криза, која имаше големи ефекти врз валутниот сојуз. Заклучокот во овој Извештај е дека иако некои од проблемите биле решени, раководителите на ЕУ треба да вложат уште многу напори за да има еден целосно функционирачки валутен сојуз. Документот доаѓа во време на започнати разговори помеѓу Лондон и Брисел за условите на британското распуштање на ЕУ, кое се доживува како удар на евроинтеграциите. Според Извештајот, придвижувањето напред ќе бара преземање на конкретни чекори во три области – комплетирање на вистински финансов сојуз, постигнување на поинтегриран економски и фискален сојуз и воведување на демократична отчетност и зацврстување на институциите на еврозоната. “Еврото е еден од најголемите успеси на

Европската Унија.Тој брзо стана симбол на просперитетот. Не можеме да чекаме нова криза за да го реформираме”, посочи заменик-претседателот на ЕК, Валдис Домбровски. Според него, единствената валута ќе остане отворена за сите држави членки на ЕУ и дека реформите нема да предизвикаат опасност за единствениот пазар. Во Извештајот се забележува дека според договорите за присоединување, со исклучок на Данска и Велика Британија, од сите држави членки на ЕУ се очекува да го воведат еврото. Но, во Извештајот не се споменуваат критериумите за воведување на еврото, што значи дека тие остануваат исти како и досега. Еврокомесарот за економски прашања Пиер Московици вели: ”Статус квото не е опција. Треба да ги засилиме обновата и конвергенцијата”. Тој предупреди дека има ризици за еврозоната во две брзини и ако се продлабочат економските различности, тоа може да доведе до политички проблеми и екстремизам. “Ова што го предлагаме е добро не само за земјите во еврозоната, туку и за тие, кои во иднина ќе и се приклучат. Тоа не е задолжителен процес, но ние сакаме да го направиме присоединувањето поатрактивно”, вели Московици и додава дека нема краен рок за новите земји кои треба да станат членки во еврозоната и да го воведат еврото.



www.kapital.mk

Капитал број 919 09.06.2017

44

СВЕТ БИЗНИС И ПОЛИТИКА ВАЛДИС ДОМБРОВСКИ

ПИЕР МОСКОВИЦИ

заменик-претседател на Европска Комисија

еврокомесар за економски прашања

врото е еден од најголемите успеси на Европската Унија.Тој брзо стана симбол на просперитетот. Не можеме да чекаме нова криза за да го реформираме.

ма ризици за еврозона во две брзини, и ако се продлабочат економските различности, тоа може да доведе до политички проблеми и екстремизам.

Е

“Треба да бидеме многу транспарентни и да дозволиме нивно лесно влегување во блокот на еврото”, вели тој.

Водечка ќе биде улогата на владите

Европската комисија избегнува да дава какви и да било категорични предлози, оставајќи им на владите на државите членки на ЕУ да одлучат кои се идеите и решенијата кои им се допаѓаат. Но, од ЕК посочуваат дека во подоцните етапи на интеграција на евро блокот ќе биде неопходно да се формира министерство за финансии на еврозоната, и покрај тоа што овој чекор подразбира политички потешкотии и промени во европските договори. Претседателот на министрите за финансии на еврозоната или Еврогрупата, може да биде на чело на таа институција. Службата на самиот претседател на Еврогрупата може да биде интегрирана во Европската комисија, кои ќе ги омекнува економските шокови, како на пример да ги поттикне инвестициите , кои се првите жртви во време на криза. Друга опција е буџет кој ќе дејствува како фонд за реосигурување за национални програми за невработеност во време на економски тешки времиња. Но, тоа ќе бара сообразување на политиките за пазарот на работна сила. Последна варијанта е стабилизациона функција да биде фонд за црни денови, односно редовно да собира пари и да ги распределува за помош за големи шокови.

Финансирање на буџетот

Финансирањето на буџетот може да дојде од спасителниот фонд на еврозоната, од самиот буџет на ЕУ или од секоја држава,

И

МЕРКИ ВО КЛУЧНИ ОБЛАСТИ ПОСТИГНУВАЊЕ НА ВИСТИНСКИ ФИНАНСИСКИ СОЈУЗ Треба да се заврши формирањето на банкарски сојуз и да се постигне напредок во намалувањето и споделувањето на опасностите во банкарскиот сектор, вклучително и мерки за зголемување на одржливоста на европските банки. За да се обезбедат поразлични можности за финансирање на реалната економија, вклучително преку пазарите на капитал, од првостепено значење е да се формира сојуз на пазари на капитал. ПОСТИГНУВАЊЕ НА ЕКОНОМСКИ И ФИСКАЛЕН СОЈУЗ Конвергенцијата кон поодржливи економски и социјални структури во државите членки на ЕУ се смета како составен дел од успехот на економскиот и монетарниот сојуз на долгорочен план. Тоа може да се постигне ако државите прифатат да споделат повеќе одговорности и решенија по прашањата од значење за еврозоната. Понатамошното политичко зближување може да вклучува преосмислување на изедначувањето помеѓу Еврогрупата и Европската комисија и може да го оправда назначувањето на постојан претседател на Еврогрупата, како и обединување на внатрешното управување на еврозоната. Идејата за создавање на финансиска служба на еврозоната со можност за формирање на буџет за еврозоната и на Европски валутен фонд исто така може да биде осмислена во рамките на ЕУ во подоцнежните етапи од продлабочувањето на економскиот и монетарниот сојуз. допринесувајќи со свој удел од својот БДП или со данок на приходите. И покрај тоа што државите надвор од еврозоната ќе имаат пристап до тој буџет, тој ќе биде на располагање само на тие, кои ги запазуваат буџетските правила на ЕУ и препораките за реформи, кои водат до поголемо зближување на европските економии. Министерството за финансии исто така ќе може да се задолжува, преку Euro-

pean safe assets и да издава обврзници деноминирани во евра, кои можат да станат водечки за европските финансиски пазари. Извештајот на ЕК плановите за поголема интеграција ги дели во две етапи. До 2019 година фокусот ќе биде на завршувањето на веќе започнатите процеси. Во втората фаза меѓу 2019 и 2025 година еврозоната треба да се фокусира на министерството за финансии, посебен буџет и избор на министер за финансии. 


www.kapital.mk

Капитал број 919 09.06.2017

НАСТАНИ

45

ДЕСЕТТА ЈУБИЛЕЈНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ПЛАЌАЊА И ПАЗАРНА ИНФРАСТРУКТУРА

ДВИГАТЕЛИ НA ИНТЕГРАЦИЈАТA НА ПЛАЌАЊАТА ВО ЕВРОПА

ИНОВАЦИИ И СОРАБОТКА

Н

Народната банка на Република Македонија најавува одржување на Десеттата јубилејна конференција за плаќања и пазарна инфраструктура со наслов: „Двигатели нa интеграцијатa на плаќањата во Европа – иновации и соработка“. Конференцијата се организира во соработка со централните банки на Холандија и Португалија, а ќе се одржи во Охрид, во периодот од 5 до 7 јули 2017 година. Во текот на годините, Конференцијата пре-расна во важно место за средба на претставниците на финансискиот сектор во Република Македонија и на централните банки од земјите од Централна, Источна и Југоисточна Европа, Заедницата на независни држави и Северна Африка, претставувајќи совршена платформа за размена на знаења и искуства за актуелни теми од областа на плаќањата и промовирањето нови идеи. На наше големо задоволство оваа година е обраќањето на членот на Извршниот Одборот на Европската централна банка, г. Yves Mersch, којшто пред неговиот мандат во оваа значајна институција бил на позиција гувернер на централната банка на Луксенбург. На оваа јубилејна конференција, обраќање ќе имаат и гувернерот на Банката на Холандија, г. Klaas Knot и членот на Одборот на директори на Банката на Португалија, г. Hélder Rosalino, високи претставници од централните банки со чијашто соработка го остваруваме овој проект веќе десет години.

Народната банка на Република Македонија најавува одржување на Десеттата јубилејна конференција за плаќања и пазарна инфраструктура со наслов: „Двигатели нa интеграцијатa на плаќањата во Европа – иновации и соработка“. Ова е јубилеен настан за десетгодишната континуирана меѓународна соработка и размена на знаења и искуства за актуелни теми од областа на плаќањата. Во Панел-диску-сијата на гувернерите ќе учествуваат гувернерите на централните банки на Македонија, Хрватска и Бугарија и член на Одборот на Народната банка на Белгија. Гувернерската сесија ќе биде посветена на соработката и иновациите во Европа, со особен акцент на предизвиците со кои би се соочиле потрошувачите, компаниите и владите во националните економии на земјите од Балканот и Европа во наредната деценија, а во врска со претпочитањето на дигиталното банкарство и дигиталните технологии, наспроти употребата на готовина за вршење на плаќањата. Меѓу другите теми што ќе се дискутираат на

Конференцијата се дигиталните иновации, брзи плаќања, прекугранични плаќања во глобални рамки и дигитална безбедност; спроведување на Директивата за платежни услуги 2 (ПСД2), евалуација на регулативата за СЕПА и Акциски план за финансиски услуги; стратегиска визија на Евросистемот до 2020 година и консолидација на системите ТАРГЕТ2 И ТАРГЕТ2 и хартии од вредност; безбедносните аспекти коишто произлегуваат од ПСД2; нова стратегија за финансиска вклученост; подготовки за инстант-плаќањата; кој ќе опстане во светот на плаќањата со новите играчи од „fintech“ и „bigtech“. nnn


www.kapital.mk

Капитал број 919 09.06.2017

46

КАРИЕРА

За да го одржиме општеството да се движи напред, имаме генерациски предизвик, не само да креираме работни места, туку да креираме обновено чувство за цел. Тогаш што чекаме? Време е за големи дела кои ќе ја дефинираат нашата генерација, им порача Закерберг на дипломците од Харвард Универзитетот.

МАРК ЗАКЕРБЕРГ, ОСНОВАЧОТ НА FACEBOOK ГИ ПОСОВЕТУВА ДИПЛОМЦИТЕ ОД ХАРВАРД

ВРЕМЕ Е ЗА ПРОЕКТИ КОИ ЌЕ ЈА ДЕФИНИРААТ НАШАТА ГЕНЕРАЦИЈА Закерберг смета дека треба да се истражат идеите за универзален основен приход- идејата дека секој треба да добива основна плата, и да се истражат начините за да се обезбеди здравствена заштита и грижа за децата кои нема да бидат поврзани со статусот на вработеност.

M

Марк Закерберг конечно ја доби својата диплома од Универзитетот Харвард. Познатиот основач на Фејсбук пред 12

години го напуштил Харвард за да ја основа познатата социјална мрежа, но пред десетина дена се врати да ја подигне својата почесна докторска титула, но и да сподели некoj совет со студентите кои дипломираат оваа 2017 година. Закерберг им порача на студентите да преземаат ризици и да се справат со големи и амбициозни проекти кои обединуваат големи маси на луѓе за општото добро на општеството.

Тој потенцира дека многу технологии, вклучувајќи ги и оние кои се развиени од Facebook, го менуваат светот и носат нови предизвици. “Вие дипломирате во време кога ова е посебно важно. Кога вашите родители дипломирале, чувството на цел со сигурност доаѓале од работата, црквата и заедницата. Но, денес, технологијата и автоматизацијата елиминираат многу работни места. Припадноста кон заедниците слабее.

ЗАКЕРБЕРГ: TРЕБА ДА СЕ ИСТРАЖАТ ИДЕИТЕ ЗА УНИВЕРЗАЛЕН ОСНОВЕН ПРИХОД



www.kapital.mk

Капитал број 919 09.06.2017

48

КАРИЕРА Познатиот основач на Фејсбук пред 12 години го напуштил Харвард за да ја основа познатата социјална мрежа, но пред десетина дена се врати да ја подигне својата почесна докторска титула, но и да сподели некoj совет со студентите кои дипломираат оваа 2017 година.

Многу луѓе се чувствуваат дисконектирано и депресирано, и се трудат да ја пополнат празнината во нивните животи”, рече Закерберг во својот говор. Основачот на Facebook смета дека сега е време за оваа генерација да го дефинира “социјалниот договор” по насока на Нов Договор или Големо Општество. Закерберг смета дека треба да се истражат идеите за универзален основен приход- идејата дека секој треба да добива основна плата, и да се истражат начините за да се обезбеди здравствена заштита и грижа за децата кои нема да бидат поврзани со статусот на вработеност. Тој признава дека тоа нема да биде евтино. “И точно е дека да се даде секому слобода да ја исполнува својата цел не е бесплатно. Луѓето како мене треба да платат за тоа. На многу од вас ќе им оди добро и треба да го направат истото”, смета Закерберг. Основачот и директор на Facebook, кој има 33 години е најмладиот досега говорник пред дипломците на Харвард Универзитетот, податок кој тој сакаше да го потенцира пред студентите. “Можеби тргнавме по различни патишта за да стигнеме до тука. Денес со вас сакам да го споделам она што го научи за нашата генерација и за светот што го градиме заедно”.

Закерберг изјави дека милениумците се доживуваат себеси многу повеќе како глобални граѓани, отколку како припадници на една нација-држава. Некои од изјавите на Закерберг пред студентите на Харвард прозвучеа слично како и неговиот манифест кој го објави на почетокот на годината, нагласувајќи како тој ја гледа мисијата на Facebook како градење на социјална инфраструктура за светот. Но, централна тема во обраќањето на Закерберг беше повикот до младите луѓе да креираат свет во кој секој има чувство за цел, која е над неговите потреби. “Не сум тука за да ви одржам стандарден говор за тоа како треба да ги најдете своите цели во животот. Ние сме милениумци. Ние ќе се обидеме да го направиме тоа инстинктивно. Наместо тоа, тука сум за да ви кажам дека наоѓањето на вашата цел не е доволно”, изјави Закерберг. Тоа, според него, не е доволно за општество кое во следниот период ќе се соочи со реалноста во која десетици милиони на работни места ќе бидат заменети со автоматизацијата, како на пример самоуправувачки автомобили и камиони. Закерберг ги повика младите луѓе да работат на големи јавни проекти кои

можат за создадат нови работни места. Иако не прецизираше за какви проекти станува збор и каква улога компаниите како Facebook ќе имаат во нив, тој посочи неколку примери од минатото. Закерберг посочи дека претходните генерации имале свои проекти кои ги дефинирале, како Hoover Dam, вселенската програма, борбата против полио, проекти кои ги подигнале и ја направиле Америка горда. Наведувајќи ги глобалните проблеми, како климатски промени и пандемиите, Закерберг изјави дека милениумците, во кои спаѓа и самиот, се доживуваат себеси многу повеќе како глобални граѓани, отколку како припадници на една нација-држава. “За да го одржиме општеството да се движи напред, имаме генерациски предизвик, не само да креираме работни места, туку да креираме обновено чувство за цел. Тогаш што чекаме? Време е за големи дела кои ќе ја дефинираат нашата генерација”, им порача Закерберг на дипломците од Харвард Универзитетот. nnn


КУРСЕВИ ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА ВАШИТЕ ТЕХНИЧКИ ВЕШТИНИ:

ADOBE PHOTOSHOP, ILLUSTRATOR, PREMIERE И MICROSOFT EXCEL  (промотивни цени од 3.000 ден + ДДВ)

Институт КОНЦЕПТ во претстојниот период ги организира следните курсеви ПОЧЕТЕН КУРС ЗА PHOTOSHOP

ПОЧЕТЕН КУРС ЗА ADOBE PREMIERE

 

 

Уписите се во тек! Цена: 3.000 денари + ДДВ

ПОЧЕТЕН КУРС ЗА ILLUSTRATOR  

Уписите се во тек! Цена: 3.000 денари + ДДВ

Уписите се во тек! Цена: 3.000 денари + ДДВ

ПРАКТИЧНО ИЗУЧУВАЊЕ НА ОСНОВИ НА РАБОТА ВО EXCEL  

Уписите се во тек! Цена: 3.000 денари + ДДВ

За повеќе информации посетете ја нашата веб страна: www.koncept.com.mk

КОНТАКТ:  e-mail: institut@koncept.com.mk  02 3128 526  070 272 207


www.kapital.mk

Капитал број 919 09.06.2017

50

ЛИДЕРИ

РИД ХАСТИНГС

КО-ОСНОВАЧ И ДИРЕКТОР НА NETFLIX

КОМПАНИИТЕ УМИРААТ ЗАТОА ШТО СЕ ДВИЖАТ ПРЕБАВНО, А НЕ ПРЕБРЗО

Р

Рид Хастинг (Reed Hastings) е американски претприемач и филантропист . Тој е ко-основач и извршен директор на Netflix. Од 2011 година Хастинг е и еден од директороте во бордот на Facebook. Toj e поранешен член на California State Board of Education и важи за еден од најгласните адвокати

Компаниите речиси никогаш не умираат затоа што се движеле пребрзо. Многу почесто умираат затоа што се движеле премногу бавно.

за реформи во образованието преку сертифицирани чартер школи, односно јавно финансирани независни школи од страна на наставници, родители и локални заедници. Еве некои од неговите изјави кои го отсликуваат неговиот претприемачки начин на размислување:

Се случува револуција. Мислам дека за период од две години Wi-fi и Netflix ќе бидат вградени во сите телевизии.

Никогаш не ги толерирајте брилијантните идиоти во тимот. Тоа е превисока цена за тимската работа.

Ја научив вредноста на фокусирањето. Подобро е да направите еден производ одлично, отколку два просечни производа.

Секогаш работам многу напорно. Но, мојот живот секогаш бил забавен.

Бидете брутално искрени на краток рок и оптимистични и самоуверени на долг рок.

Повеќето претприемачки идеи на почетокот звучат лудо, глупаво и неекономски. Потоа излегува дека биле во право.

Како претприемач треба да бидете подготвени да скокнете од авион бидејќи сте уверени дека ќе ја фатите птицата која лета покрај авионот. Тоа е можеби акт на глупост, но неколку пати навистина успева.

Со неуспесите учите која една работа од 99 други треба да ја избегнувате. Мислам дека е многу покорисно ако умеете да учите и од неуспесите на другите.

Оптичките кабли се како електричната енергија. Ако погледнете како електричната енергија се ширела во изминатите неколку декади, тоа сега се случува со оптичките кабли.

Бидете големи, брзи и флексибилни.




Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.