920 kapital magazin

Page 1

СКАНДАЛ

КАКОВ ФИНАНСИСКИ КРИМИНАЛ НАПРАВИ ГРЧКИ АКТОР ВО МАКЕДОНИЈА?!

КОЛУМНА ЉУПЧО ЗИКОВ ЗА КОМПАНИИТЕ И 5% РАСТ НА ЕКОНОМИЈАТА

СВЕТ

КАКО ИЗГЛЕДА НОВОТО ГРАНДИОЗНО СЕДИШТЕ НА APPLE?

Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

WWW.KAPITAL.MK

АНАЛИЗА

НОВАТА ВЛАДА ПОЧНУВА ОД 0% ЕКОНОМСКИ РАСТ

6,5%

КАКВИ ПОЛИТИКИ СЕ ПОТРЕБНИ ЗА РАСТ ОД 5,5%

1,8% 2009

2,7%

2,3%

-0,4% 2008

КОЧА БОШКУ главен извршен директор на Сеавус групација

ПРОДОЛЖУВАМЕ ДА ОТВОРАМЕ РАЗВОЈНИ ЦЕНТРИ И ДА КУПУВАМЕ СТАРТАПИ ВО ЕВРОПА

5%

ПОРАСТ НА БДП

2007

INTERVIEW

3,8% 3,7% 2,4%

-0,5% 2010

2011

2012

0% 2013

2014

2015

2016

1 кв. 2017

Извор: Државен завод за статистика

КАПИТАЛ АНАЛИЗА: ПРЕД ДА ЗАТВОРАТ, ФАБРИКИТЕ ГИ ВКЛУЧИЈА СИРЕНИТЕ!

СЕ СЛУЧУВА ЛИ ТРГОВСКА ВОЈНА СО МЕСО ОД СРБИЈА СО КОЈА СЕ УРИВААТ МАКЕДОНСКИТЕ КОМПАНИИ И ПРОИЗВОДИТЕЛИ? БРОЈ 920 | ЦЕНА 100 ДЕН. 16 ЈУНИ 2017 | ПЕТОК | ГОДИНА 18

ПОЛИТИКA: ОФАНЗИВА ВО НАДВОРЕШНАТА ПОЛИТИКА



3

Капитал број 920 16.06.2017

СОДРЖИНА

08 04 06 08 14

STAND BY

ЉУПЧО ЗИКОВ За македонските компании и 5- те % раст на економијата!

НАВИГАТОР

ПРОТЕКЦИОНИЗАМ Доналд Трамп воведува санкции против евтиниот челик од Кина

COVER STORY

Нова Влада со нова енергија во евротлантските интеграции

30 20

Како да порасне економијата?! Новата Влада почнува од 0% економски раст, ветува да достигне до 5%

40

КОЛУМНА

КОНСТАНТИН БИТРАКОВ Магистер на правни науки

Насилството низ законите:

26

44

КАПИТАЛ АНАЛИЗА:

КОМПАНИИ И ПАЗАРИ

30

БИЗНИС И ТЕХНОЛОГИЈА

49

БИЗНИС И ПОЛИТИКА

50

ЛИДЕРИ

INTERVIEW

КОЧА БОШКУ

главен извршен директор на Сеавус групација

Продолжуваме да отвораме развојни центри и да купуваме стартапи во Европа до крајот на 2017 вработуваме уште 300 луѓе!

АНАЛИЗА

44

36

Каков финансиски криминал направи грчки Актор во Македонија?! Финишот на грандиозниот проект го одложува опседнатоста со деталите Новото грандиозно седиште на Apple

КЛУБ НА ИСТРАЖУВАЧИ

Промовирани два нови стручни труда во Народната банка

Се случува ли трговска војна со месо од србија со која се уриваат македонските компании и производители? Проф. д-р Тони Дескоски ја издаде книгата „Меѓународно арбитражно право“ ЕНДИ ГРУВ

поранешен директор на Intel

Кризите ги уништуваат лошите компании, добрите ги прават подобри

НОВА ЕНЕРГИЈА

5%

АКТОР

Новиот фронтален пристап, новата енергија во надворешната политика фокусирана на стратешките приоритети – членство во НАТО и во Европската унија, се неспорни со новата Влада на Македонија. Ниту, пак, меѓународната заедница остава простор за сомнеж дека соодветно го пресретнува новиот курс на Владата. Во функција на енергичното враќање на патот на евроатланските интеграции, Владата испраќа сигнали дека во атмосферата на поволните геополитички моменти ќе направи сè што може за зацврстување на двата столба од кои зависи процесот – реформите, при што основата на извесноста ја дава доаѓањето на Прибе, и спорот со името во пакет со другите проблеми поврзани со односите со соседите.

Новата Влада почнува од нула. Освен што фигуративно, после десетина години владеење на партијата ВМРО – ДПМНЕ, новите власти предводени од СДСМ велат дека ова е нов почеток на градење на државата, од нула почнува да се мери и ефектот од сите економски политики предвидени во новата владина програма. Статистиката измери дека економскиот раст во првиот квартал од годината изнесува 0%, а новиот премиер Зоран Заев вети дека растот во неговиот мандат ќе достигне до 5% просечно. Економистите, оценуваат дека прв услов што мора да се исполни е враќање на политичката стабилност за да може економијата да испорачува резултати.

Изградбата на автопатот Демир Капија – Смоквица привршува, но истрагата за финансиски криминал во кој е вмешан изведувачот, грчката компанија Актор, продолжува. Овој случај повторно се актуелизираше во јавноста откако грчките медиуми објавија дека Европската агенција за борба против корупција (ОЛАФ) ја казнила компанијата Актор со 50 милиони евра поради измама и перење пари при изградбата на овој автопат од Коридорот 10. Засега се уште нема детали како се вршело перење на пари, иако грчките медиуми според извори од истрагата, објавија дека имало вработени во Актор, кои што земале месечни плати и по 110 илјади евра.

 Стр. 8

 Стр. 20

 Стр. 26

Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје  Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31  П. ФАХ 503, 1000 Скопје  Директор и одговорен уредник: Љупчо Зиков  Печати: Европа 92, Кочани  Тираж: 3.000 примероци  Датум на печатење: 14.06.2017


пишува: ЉУПЧО ЗИКОВ

За македонските компании и -те 5 % раст на економијата!

Н

Новата македонска Влада декларираше дека во нејзиниот мандат просечниот раст на економијата (тоа што се вика БДП – Бруто домашен производ) ќе биде 5%. Во овој текст ќе упростам и ќе оперирам само со терминот раст на економијата. Со право сите економски загрижени мислители овде го поставуваат прашањето можен ли е ваков раст на економијата? Економските мислители дебатираат деновиве, додека претприемачите и менаџерите во компаниите мака мачат оти, и не требаше статистиката да им каже дека во првите шест месеци од годината растот на економијата бил 0%. Тие тоа добро го знаеја и пред статистиката да ги информира. Оти како што можеме да видиме единствено нешто што растело во овие шест месеци било бројот на вработени по кабинетите на министрите и на екс премиерот (и едниот и другиот техничкиот). Само тоа растело. Значи ... Дали е остварливо 5% раст на економијата просечно во следните години е клучното прашање ...

Прво, проектираниот раст од 5% е остварлива цел. И мора да стане врвна и стратешка политичка цел на Владата. Второ, расправите за растот на македонската економија треба да се симнат долу на земја ... Оти растот реално се генерира и произведува низ улиците и калдрмите на македонски градови и села. Луѓето, фирмите и банките го креираат растот. Погледнете што се случува таму. Појавните форми на новиот македонски раст, кој јас го нарекувам појава на НОВА ЕКОНОМИЈА, треба да се бараат во следните точки. Потребни се сосема нови компании. Нова вредност. Нова економија. Потребни се посебни нови програми на владата, не само за поддршка на постојни компании во овие сектори, туку програми за стимулирање на нови инвестиции од страна на новите претприемачи ... Оние домашни херои кои ќе се одважат и ќе инвестираат.

ljupco.zikov@kapital.mk facebook.com/ljupco.zikov

Одговорот е - Да! Како? Како за почеток на оваа расправа во општеството, најнапред треба на сите да ни биде јасно дека од независноста во 1991 година па се до овој момент во 2017 година растот на македонската економија од 2,5 % до 3% никогаш не бил проблем. Да економијата овде растела и со 4% во поедини години но тоа било само исклучок!? Од друга страна 3% раст на ваква економија каква што е македонската (во која и на граѓаните и на компаниите им е потребно буквално се што постои на овој свет за нормално да функционираат) се случува сам од себе. Или како што велиме многу пати ... македонската економија со 2,5% до 3% се развива “ни крива ни должна”. И без некои интелигентни економски политики. Глупави политики имавме многу. Сепак да проанализираме што е тоа, од што зависеше малиот раст на економијата во сите речиси 30 години од независноста. Овој минимален раст на економијата зависеше единствено од политичката стабилност и од ништо друго. Јас го нарекувам демагошки раст. Демек нешто се движи, па сме биле втора земја по раст во Европа и така .... Значи на случајот на Македонија, за да остварите толку мал раст ви беше потребно единствено да немате воени дејствија, да немате меѓуетнички судири и скандали ... Во такви услови македонските менаџери само што “брмчеа со автомобилите наваму натаму го правеа овој раст”. И тоа со сета жестока корупција, криминал приватизација, местени тендери, непријателско преземање, не на компании, туку на цели сектори од економијата во рацете на два три лика, монополско здружување, злосторничко здружување) ...


STAND BY И покрај ваквата состојба и реалност македонската економија доаѓаше до 3% раст. Аргумент за ова што го говорам е дека дури и годинава проекциите на меѓународните финансиски институции се дека 2017 година ќе ја завршиме со 3% раст. А помина половина година растот е 0%. Значи до крајот на годината сами од себе ќе се “истркаламе” до 3%. Но мора да се каже дека во услови на буџетски дефицит до 3% и повеќе (скриен буџетски дефицит на кој алудираше и ММФ пред две три години), и со задолжување на меѓународниот финансиски пазар кај комерцијалните финансиски институции во Лондон, со камати над 5%, овој раст всушност се топи пред време, како и забрзаното задолжување на земјата надвор особено од 2011 година наваму, и нема никакво значење за тоа дали македонската економија расте со 2,5% до 3%. Заклучокот е дека економијата реално не расте... Што да се прави?

5% и повеќе раст е остварливо! Тоа треба да биде политичка цел... Прво, проектираниот раст од 5% и повеќе мора да стане врвна и стратешка политичка цел на Владата. И како цел треба се достигнува со расположливите алатки. За почеток, расправите за растот на македонската економија треба да се симнат долу на земја... Оти растот реално се генерира и произведува низ улиците и калдрмите на македонски градови и села... Луѓето, фирмите и банките го креираат растот... Појавните форми на новиот македонски раст, кој јас го нарекувам појава на она што се вели НОВА ЕКОНОМИЈА, треба да се бараат во следните точки: Агресивен раст на нови фирми во економијата, нови индустриски претпријатија во енергетиката, информатичката индустрија ИТ, прехранбената индустрија (индустријата за млеко, месо, кондиторија и земјоделски производи), логистика и транспорт, градежништвото, металската индустрија, земјоделството и сточарството, инвестициите во туризмот, развој на услужниот сектор. Овде се потребни сосема нови компании. Нова вредност. Нова економија. Потребни се посебни нови програми на владата, не само за поддршка на постојни компании во овие сектори, туку програми за стимулирање на нови инвестиции од страна на новите претприемачи... Оние домашни херои кои

ќе се одважат и ќе инвестираат. Владата тоа ќе мора да го подржи онака како што треба “позитивно брутално” ... со кредити преку Македонската банка за поддршка на развојот, посебни фондови за раст на претприемништвото, како и типизирани државни гаранции... потоа извозни стимулации, како и прекугранични инвестиции особено фокусирани на инвестициите на македонските домашни компании кои ќе се одважат и ќе излезат на регионалниот балкански пазар... ќе купуваат компании со кои ќе го шират пазарот на своите производи (овде пред се постои голема шанса на македонската фармацевтска индустрија, како и на прехранбената индустрија, виното, и градежната индустрија). Растот на економијата се случува на улиците, во индустриските зони (не само во овие што целно и плански ги градеше владата на Груевски во кои само странци со нејасни договори влегуваа), растот се случува во оние индустриски зони што со годините наназад никнаа сами од себе, а од државата се третираат како “плевел во оризно поле” од она што значи македонски инвеститори и херои. Во Визбегово, кај ОХИС на патот кон Радишани, кај Белимбегово ... на периферијата на градовите во Битола, Струмица, Куманово, Штип, Кочани, Охрид и Струга, и се разбира во селата. Во многу од нив нема канализација и водовод. Растот се случува и кај земјоделците чиј ден почнува во 4 часот наутро и во полињата и нивите каде и по 30 години од независноста сè уште се користат мелиорации од СФР Југославија. И не се реконструирани, напротив, не функционираат. Не е решено водоснабдувањето на нивите, а водните стопанства и заедници и нивните директори партиски поставени се удавија во корупција и криминал. Стомаците на нивните директори експлодираа од ручеци, салати, ракии и вино ... Понатаму... Растот во македонскиот туризам на пример е во одговорот на прашањето зошто македонските претприемачи не градат нови хотели? Дали само малиот пазар е причината? Како тоа сите сместувачки капацитети во Македонија бројат 25.000 легла, а од друга страна само Банско во Бугарија брои 27.000 легла? Од друга страна, ќе се согласиме дека македонските извозници можат да се избројат на прстите од двете раце. Земете ја индустријата за месо и преработки од

месо, како што ќе можете да прочитате и во овој број на Капитал, која со текот на годините гледаме дека е под силен конкурентски удар и српско влијание на домашниот македонски пазар. Само заради насоченоста на српската влада да го прошири пазарот на продажба на сопствените компании. Нашата месна индустрија не само што не излезе надвор, туку го губи и домашниот македонски пазар. И никој не се грижи за тоа. Понатаму, како никој во оваа држава не размислува за секторот на информатичка технологија, кој, ако е за верување на податоците лани остварил бруто извозен ефект од 90 милиони евра. Увозот бил 20 милиони евра, што значи нето извозниот ефект е 70 милиони евра. И никој не ја отвора големата тема, а тоа е како да се задржат овие основачи на бизнис во Македонија. Веќе сега требаше да имаат своја ИТ зона во која ќе работат во услови еднакви како и за странските инвеститори. Особено кога и претставниците на новата влада веќе детектираат дека иако постои превработеност во јавната администрација, во не ја фалат кадри од ИТ индустријата. Но, за ова да се случи “тесноградоста” не помага. Потребна е одважност, дрскост, агресивност и ризик. Херојства се потребни за еднаш Македонија да се одлепи и да покаже вистински резултат. Раст на економијата од 5%, 6%, 7%, на долг рок. И уште нешто ... личната потрошувачка на граѓаните како компонента во БДП во Македонија уште долго нема да носи раст во економијата каков што сакаме. Можеби никогаш. Премногу малку луѓе има во Македонија за да растеме колку треба и квалитетно преку зголемувањето на пензиите и социјалните трансфери. Македонските луѓе купуваат во еден мол, се лечат во две амбуланти, пазаруваат на еден до два пазари, на викенди одат на едно езеро, ако воопшто одат ... И сето тоа е 2,5% раст ... Толку е во сите 30 години од независноста. Тесно е овде ... потребна е одважност и “рипање” преку граница. Потребни се инвестиции во нови компании. Извоз е потребен. Оттука, растот на македонската економија, барем не оној од 5% и повеќе, не лежи во личната потрошувачка, туку во трошењата за инвестиции што ќе ги направат сегашните компании, новите претпријатија што допрва ќе се појават, младите луѓе со своите почетни проекти во бизнисот и секако странските инвестиции ... Затоа целата приказна мора да се врти околу нив. nnn


www.kapital.mk

Капитал број 920 16.06.2017

6

НАВИГАТОР ИЗЈАВА НА НЕДЕЛАТА

> БРОЈКА

14,6%

е зголемен бројот на ноќевања на странски туристи во јануари – април 2017

НИКОЛА ДИМИТРОВ

македонски министер за надворешни работи

Колку побрзо Македонија добие покана да биде дел од НАТО, толку подобри се перспективите на Грција да ја има оваа држава како сосед.

ПОЛИТИЧКАТА НЕСТАБИЛНОСТ ЗА ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ НА ЗАП

В

ојните, конфликтите и политичките кризи имаа разорно дејство врз економијата на земјите од Западен Балкан, оценија економистите учесници на трибината „Економски модел: Кон кохерентна политика за раст во Југоисточна Европа“ што се одржа неделава на Економскиот факултет во Скопје. Професорката на универзитетот во Перуџа, Милица Увалиќ изјави дека побрз раст и развој може да се постигне само преку

ПРОТЕКЦИОНИЗАМ

ДОНАЛД ТРАМП ВОВЕД ПРОТИВ ЕВТИНИОТ ЧЕЛ Почекајте да видите што ќе направам за челикот и за нашите компании од челичната индустрија

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека многу скоро ќе се зафати со нечесните трговски практики на Кина. Најновите истражувања покажуваат дека сојузниците на САД во Азија и Европа ќе бидат најпогодени од американскиот протекционизам

Е

Едно истражување објавено неодамна оди во прилог на плановите на Вашингтон да наложи нови рестрикции на увозот на челик, со аргумент дека е загрозена националната сигурност на

земјата. Ова би било најзначајната протекционистичка политика на Трамп откако дојде на претседателската функција. Чекорите на Трамп одблизу ги следат многу држави, меѓу кои и Германија и канцеларката Ангела Меркел, која се обидува да го убеди американскиот претседател да се откаже од протекционизмот.

Големи санкции

Овие политики, насочени во голем дел против евтиниот челик на Кина на глобалните пазари, се само дел од политиките на Трамп за заштита на домашната економија. Тие ќе бидат најголеми санкции наметнати од САД, од администрацијата на Реган во 80-те години од минатиот век,


www.kapital.mk

Капитал број 920 16.06.2017

мисла на неделата

Т ПРЕЧКА ПАДЕН БАЛКАН долгорочни и фокусирани економски политики. Намалување на невработеноста, квалитетно образование, ефикасна администрација, индустриска политика, но пред сè политичка стабилност, вели Увалиќ. Според министерот за финансии, Драган Тевдовски, основа за поттикнување на економскиот раст во Македонија е зголемување на просечната плата, која е најниска во споредба со земјите од регионот.

Компаниската култура е како културата на некоја држава. Никогаш не труди се да ја менуваш, туку работи со тоа што го имаш.

Питер Дракер американски економист

7 > БРОЈКА

11,4% повеќе странски туристи имало во јануари – април 2017 од истиот период лани.

лидери

ДУВА САНКЦИИ ЛИК ОД КИНА посочува Чад Боун, поранешен трговски советник на Барак Обама и економист во Светската банка, кој во моментот работи како аналитичар во Petersen Institute for International Economics. Според неговите истражувања, процентот на американски увоз покриен со специјални тарифи, ќе се зголеми двојно, од 3,8% пред Трамп да дојде на функција, на 7,4%. Процентот на кинескиот извоз кон САД, засегнат од рестрикциите, се очекува да се зголеми од 9,2% на 10,9%. Но, обемот на американскиот увоз од останатите земји, кој ќе биде погоден од новите ограничувања, ќе се зголеми од сегашните 2,2% на 6,4%, смета Боун. Меѓу државите кои ќе бидат најмногу засегнати од санкциите на САД се Канада, Франција, Германија, Индија, Јапонија и Јужна Кореа. Сето ова го покажува размерот на овластувањата со кои располага Трамп за да ја воведе својата трговска политика „Америка на прво место“. Поголем дел од вниманието на јавноста беше насочен врз неговата одлука да ја повлече државата од постојните трговски договори или да ги предоговори другите вакви. Но, најконкретната промена досега доаѓа во областа на наметнувањето на трговски правила.

Антидампинг случаите

Во минатото, властите во САД најчесто дејствуваа како сопирачка врз барањата за протекции од страна на американските индустрии. Но, администрацијата на Трамп ги охрабрува новите антидампинг и други

Меѓу државите кои ќе бидат најмногу засегнати од санкциите на САД се Канада, Франција, Германија, Индија, Јапонија и Јужна Кореа. трговски прашања и самата презема дејствија. Министерот за трговија, Вилбер Рос, се обврза да се зафати со антидампинг случаи, за така да и дозволи на владата да води случаи кои обично ги водат компаниите. Истрагата за челикот беше почната по силата на законот од 1962 година, кој му дозволува на претседателот да го ограничи увозот во името на националната безбедност. Американската индустрија за челик бара администрацијата да обрне внимание на националната безбедност, зашто не можела да го обезбеди челикот неопходен за воените бродови и за другите воени потреби, ако бизнисот е под закана од кинескиот дампинг на светските пазари. Трамп ветува голем одговор. „Почекајте да видите што ќе направам за челикот и за нашите компании од челичната индустрија“, изјави американскиот претседател. Министерот за трговија, Рос, дополни дека истрагата за челикот разгледува „реално прашање во однос на националната безбедност“. 

ЕМАНУЕЛ МАКРОН

партијата на францускиот претседател оствари убедлива победа во првиот круг од парламентарните избори

МУРАД АЛ–КАТИБ

основачот на AGT Foods&Ingredients е прогласен од Ernst&Young за претприемач за 2017 година

не им беше неделата

МАРКО ЗВРЛЕВСКИ

Советот на јавни обвинители го прифати владиниот предлог за негово разрешување

ВИКТОР ОРБАН

Унгарија го одобри контроверзниот закон за НВО фининсирани од странски држави


Капитал број 920 16.06.2017

www.kapital.mk

COVER STORY НОВА ВЛАДА СО НОВА ЕНЕ 8 COVERSTORY:

ОФАНЗИВА В НАДВОРЕШН ПОЛИТИКА


www.kapital.mk

Капитал број 920 16.06.2017

ЕРГИЈА ВО ЕВРОТЛАНТСКИТЕ ИНТЕГРАЦИИ 9

ВО НАТА

Во функција на енергичното враќање на патот на евроатланските интеграции, Владата испраќа сигнали дека во атмосферата на поволните геополитички моменти ќе направи сè што може за зацврстување на двата столба од кои зависи процесот – реформите, при што основата на извесноста ја дава доаѓањето на Прибе, и спорот со името во пакет со другите проблеми поврзани со односите со соседите, каде се става крај на провокациите и со отворени карти ќе се бара заедничкиот интерес


www.kapital.mk

Капитал број 920 16.06.2017

10

COVER STORY

пишува:

Максим Ристески

Н

maksim.risteski@kapital.mk фото: МИА

Новиот фронтален пристап, новата енергија во надворешната политика фокусирана на стратешките приоритети – членство во НАТО и во Европската унија, се неспорни со новата Влада на Македонија. Ниту, пак, меѓународната заедница остава простор за сомнеж дека соодветно го пресретнува новиот курс на Владата. Во моментот на пишување на овој текст, премиерот Зоран Заев е во Брисел, во прва официјална посета, каде првпат висока државна делегација од земјава во еден ден ќе има средби со сите високи претставници на ЕУ и НАТО - претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск; високата претставничка за заедничка надворешна и безбедносна политика на ЕУ и потпретседател на Европската комисија, Федерика Могерини; комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување, Јоханес Хан; како и со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. За максимално ефектуирање на посетата на Брисел во делегацијата на премиерот е целиот тим специјално задолжен за евроатланската агенда на Владата - вицепремиерката и министер за одбрана, Радмила Шекеринска, вицепремиерот за евроинтеграции, Бујар Османи, и министерот за надворешни

работи, Никола Димитров. За сите средби со меѓународни претставници што претходеа во контекстот, Заев ден пред да патува за Брисел, сумарно рече дека „длабоко ги цени пораките за поддршка на новата Влада кои деновиве ги добил од челниците на ЕУ и НАТО: сите без исклучок гледаат голема надеж во мојот Кабинет и во новата Влада да ја врати земјата на европскиот пат“. Премиерот рече дека ова е дополнителен мотив за Владата „веднаш да се зафатиме со реформските процеси што сме ги ветиле пред граѓаните и пред нашите пријатели во Брисел да претставиме конкретна реформска агенда, која ќе ги деблокира процесите за напредок кон членство во ЕУ со обновување на препораката за почеток на преговори која поради политичката криза е замрзната веќе две години“. Што се однесува до овој дел од проблемот на евроатланските интеграции, основата на извесноста дека конкретно ќе се оди кон решение ја дава доаѓањето во Македонија на експертот за владеење на правото на ЕК, Рајнхард Прибе, кој заедно со група експерти на Комисијата ќе и помагаат на новата Влада во реформите. Прибе е авторот на многу цитираниот извештај, кој е основа за итните реформи. Еврокомесарот Хан, кога го најави испраќањето на експертот во Македонија, ја подвлече разликата во пристапот кон евроатланските интеграции на поранешната и на сегашната Влада – зборуваше за „враќањето на земјата назад на нејзиниот пат кон интеграцијата во ЕУ“, со што се подразбира дека овој пат претходно бил напуштен. Вториот дел од проблемот е спорот со името и другите проблеми и потенцијални проблеми со соседите на Македонија, за што премиерот јасно стави до знаење дека Владата ќе направи сè што е во нејзина

моќ за да биде максимално конструктивен фактор во смисла на добрососедството. „Немаме намера да правиме дополнителни провокации кон Грција. Треба да се прави нешто што нема да отвора нови рани. Спорот може да почне да се решава по пат на засилени разговори, без провокации и со користење на геополитичките моменти. Точно е дека немам магично стапче, само споделувам надеж и оптимизам. Но сигурно нема да градиме нови споменици и да именуваме нови автопати за да провоцираме. Исто како што е сигурно дека нема да дозволиме да се допре до нашиот интегритет, постојат црвени линии“, изјави Заев во неодамнешното интервју на МРТ. Но, додека наголемо беше пренесуван текстот на хрватски Јутарњи лист, за планот изготвен во Брисел, Македонија под привремената референца (ПЈРМ) да влезе во НАТО, а до влезот во ЕУ да најде решение за спорот со името во разговори со Грција, расположението го спласна изјавата на шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас, дека Атина нема да потклекне на меѓународните притисоци за прием на Македонија во НАТО додека државава не направи компромис по прашањето за името. Колку ова е изјава дадена главно за оние Грци кои не ги следат новите геополитички околности (околностите што бараат „морковот“ да натежне на вагата што го мери прозападниот курс на Балканот), а колку е навистина непомирлив став (дека не може Македонија да влезе во НАТО под привремената референца), ќе се види од средбата на шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров; веќе случена до излегувањето на овој број. Во пресрет на оваа средба, на заедничката прес-конференција (со Заев) во понеделникот во Брисел, еврокомесарот Хан

МОГЕРИНИ: АКО РЕФОРМИТЕ БИДАТ СПРОВЕДЕНИ, ЕУ Е ПОДГОТВЕНА ДА ВОЗВРАТИ


www.kapital.mk

Капитал број 920 16.06.2017

11 Н

ЗОРАН ЗАЕВ

емаме намера да правиме дополнителни провокации кон Грција. Спорот може да почне да се решава по пат на засилени разговори, без провокации, и со користење на геополитичките моменти.

порача: „Соседите треба да имаат интерес и да придонесат земјата да се стабилизира и да се вклучи во оваа рамка“.

Мини Маршаловиот план –конкретни проекти за политичка и економска помош

Кога веќе ги споменавме геополитичките околности што одат во прилог на евроатланските интеграции на Македонија, а имено обединувањето на Западот против обидите на Русија за продор на Западниот

Ќ

НИКОЛА ДИМИТРОВ

е ја прашаме Грција каков вид на сосед сака. Дали сака стабилна, пријателска држава, која нуди надеж, демократија и правда? Ако ние бидеме добар сосед на Грција, можеби грчките политички сили ќе сфатат дека ни се пружа историска можност.

Балкан, со кое се бара на балканските земји да им се даде јасна ЕУ и НАТО перспектива, тука е таканаречениот мини Маршалов план за Западниот Балкан, изготвен во Берлин, и соодветно именуван како инцијатива „Берлин плус“. Добро објаснување на проектот даде интервјуто за Дојче Веле на координаторот за Западен Балкан во германското Министерство за надворешни работи, Кристијан Хелбах. „Сакаме Западниот Балкан да стане дел од ЕУ, но веќе и пристапниот процес да донесе

Б

АНГЕЛА МЕРКЕЛ

ерлин најави конкретна политичка и економска помош во рамки на таканаречениот мини Маршалов план. „Сакаме јасно да ставиме до знаење дека за нас перспективата за приклучување на земјите од Западен Балкан останува непроменета и оти на тоа работиме“, е соодветната изјава на канцеларката Меркел.

придобивки за граѓаните“, е „хајлајтот“ од интервјуто со Хелбах. Германскиот дипломат кој до лани беше амбасадор во БиХ, вели дека целта е да се помогне на Западниот Балкан со конкретни проекти, при што „тука станува збор за политичка, но и за економска поддршка“. (Во меѓувреме излезе информацијата што ја објави сараевски Аваз дека ЕУ подготвува најмалку две милијарди евра дополнителна помош за подрачјето на Западен Балкан, по иницијатива на Германија која сака Унијата силно да се ангажира во Босна и


www.kapital.mk

Капитал број 920 16.06.2017

12

COVER STORY

М

ЃОРЃИ СПАСОВ

Херцеговина, во Албанија, во Косово, во Македонија, во Србија и во Црна Гора) Хелбах, говорејќи за новата стратегија за Балканот претставена од шефот на германската дипломатија, Зигмар Габриел, го цитира министерот дека во однос на помошта „нема да има попуштање во однос на централните услови, како што се владеењето на правото, човековите права и борбата против криминалот и корупцијата“. Во интервјуто Хелбах ја поддржува и идејата за „царинска унија“ или „заеднички пазар“ во регионот за што се залага и еврокомесарот Јоханес Хан, со став дека „одделни земји на Западен Балкан се премали за потенцијални инвеститори, но, ако регионот заеднички се потруди, тогаш се исплатува да се вложува таму“.

„Владата мора радикално да ја смени досегашната политика кон соседите за нашето интегрирање во НАТО и во ЕУ“

Пр о ф е со р от Ѓо р ѓ и Сп а со в, кој е и поранешен амбасадор во Велика Британија и во соседна Бугарија, својот одговор на прашањето за новата надворешно политичка стратегија на Македонија, за полесно да се разберат работите го почнува со објаснување што е всушност целта на надворешната политика на една држава. „Целта на надворешната политика е со нејзина помош да се обезбедат дефинираните стратешки цели на земјата. Во случајот со Македонија тие стратешки цели се зачувување на безбедноста, на територијалниот интегритет и на независноста на земјата; градење односи со другите земји во функција на нејзиниот економски развој,

но и односи кои ќе бидат во функција на гарантирање на човековите права и слободи, односно во функција на градење демократско општество“, вели Спасов, пред да заклучи дека за постигнување на овие цели Македонија оцени дека е најдобро да ги исполни условите и да стане членка на ЕУ и на НАТО, а еден од тие услови е да има добри односи со соседите. „ВМРО ДПМНЕ играше на картата на постојано зголемување на стравот од соседите. Политиката на оваа партија од 2006 година до денес нè плашеше со заканите од Грција која сакала да нè снема; со заканите од Бугарија која сакала да ни подметне некој државен договор и која нè уценувала; од заканите на Албанија и Косово кои ќе нè албанизирале; па, и од српската пропаганда која преку Вранишковски ќе ни ја уништела верата. Како одговор на таквите закани, кои го јакнеа националистичкото расположение во земјата, Груевски нудеше провокации, инат, бескомпромисност и закана дека Македонија има и друга алтернатива во надворешната политика. Со таа друга алтернатива тој успеа да го реши само проблемот со Вранишковски кого со посредништво на Руската црква го ослободи од неоснованите обвинувања и го испрати на „лекување" во Русија“, вели професорот. Затоа, смета Спасов, Владата предводена од СДСМ мора радикално да ја смени досегашната политика кон соседите и од нив да создаде пријатели за нашето интегрирање во НАТО и во ЕУ. „Мора да се изгради современ модел на одбрана и остварување на суштествените национални интереси на земјата и да се напушти националистичкиот модел на Груевски од 19 век.

ора да се изгради современ модел за одбрана и остварување на суштествените национални интереси на земјата и да се напушти националистичкиот модел на Груевски.

Владата предводена од СДСМ покажа во 2005 година дека е тоа можно, и тогаш Македонија стана кандидат за членство на ЕУ. Велика Британија, во која тогаш бев амбасадор, таа година беше претседавач со ЕУ и јасно кажа дека Македонија добива статус на кандидат за членство поради: успешна имплементација на Охридскиот рамковен договор; со цел да биде охрабрена во натамошните разговори за надминување на разликите околу името со Грција; и за да се чувствува стабилно и незагрозено пред евентуалното признавање на независноста на Косово. Владата предводена од СДСМ сега има можност, по 11 години застој да продолжи таму кај што застана. Веќе има најави за радикално подобрување на односите со Бугарија, политиката на Заев за Македонија како едно општество на рамноправни граѓани ги унапредува односите со Албанија и со Косово, а Грција веќе покажува желба да помогне самата во елиминирањето на атмосферата на закана и страв од неа која ја креираше пропагандата на Груевски“, вели Спасов. Според него Македонија ќе згреши ако не гласа за членство на Косово во УНЕСКО, бидејќи таквото членство ќе го направи Косово само поодговорно во чувањето на културните споменици, а заканите од Србија се неосновани бидејќи Македонија треба да ја следи заедничката надворешна политика на ЕУ. Во оваа смисла, смета професорот, Македонија треба да гради јасна и недвосмислена политика кон соседите имајќи ги пред вид своите витални стратешки цели и национални интереси, и тој е сигурен дека ако оди по овој пат, земјата мошне бргу ќе стане и членка на НАТО и на ЕУ. nnn



Капитал број 920 16.06.2017

INTERVIEW 14

ИНТЕРВЈУ

КОЧА БОШКУ

ГЛАВЕН ИЗВРШЕН ДИРЕКТОР НА СЕАВУС ГРУПАЦИЈА

ПРОДОЛЖУВАМЕ ДА ОТВОРАМЕ РАЗВОЈНИ ЦЕНТРИ И ДА КУПУВАМЕ СТАРТАПИ ВО ЕВРОПА

ДО КРАЈОТ НА 2017 ВРАБОТУВАМЕ УШТЕ 300 ЛУЃЕ!

До крајот на годинава отвораме уште два нови развојни центри во Белорусија, каде што веќе сме присутни, се шириме во Босна и Херцеговина и Украина, при што планираме да вработиме нови 300 луѓе. Во поглед на аквизициите, продолжуваме со потрага по стартапи низ западна Европа кои се интересни за нас, а следна цел ни е пазарот на Велика Британија.

www.kapital.mk


www.kapital.mk

Капитал број 920 16.06.2017

15 Последниве 2,5 години купивме девет стартапи во Европа и Македонија, во вкупна вредност од околу шест милиони евра. Купуваме фирми коишто ни овозможуваат да влеземе на нов пазар преку нив, или пак да се засилиме дополнително во некоја област каде што сме веќе искусни и докажани.


www.kapital.mk

Капитал број 920 16.06.2017

16

ИНТЕРВЈУ

разговара:

Н

Игор Петровски

igor.petrovski@kapital.mk

Најголемата софтверска компанија во Македонија, Сеавус, сè повеќе станува глобален играч преку аквизициите што ги прави надвор од земјава последниве неколку години. Компанијата досега има седум преземања на технолошки стартапи во западна Европа, покрај купените две компании на домашниот пазар. Главниот извршен директор на Сеавус, Коча Бошку вели дека тоа што го бараат во моментов се стартапи што се занимаваат со вештачка интелигенција, иновации во банкарството и безбедноста во ИТ системите - области за коишто компанијата смета дека допрва ќе бидат најекспонирани на светската технолошка сцена.

На неодамнешната конференција “Next Generation“ што ја организиравте, споменавте дека Сеавус последниве неколку години има инвестирано во повеќе стартапи во Европа. За какви аквизиции се работи? Се работи за девет инвестиции што ги направивме последниве 2,5 години, во вкупна вредност од околу шест милиони евра. Сеавус расте органски и веќе сме 750 луѓе во шест земји во коишто имаме 14 канцеларии. Со помош на инвестиции во други компании сакаме нашиот раст да го направиме поконзистентен и постабилен, а цел ни се компании претежно во Западна Европа, иако имаме и во Македонија Моментално главните инвестиции во технолошки компании ни се во Шведска и Малта. Кои се главните мотиви за овие аквизиции што ги правите? Купуваме компании што ни овозможуваат да влеземе на нов пазар преку нив, или пак дополнително да ги засилиме нашите компетенции во некоја област каде што сме веќе искусни и докажани. На пример, ние сметаме дека сме силни во делот на софтвер за телекомуникациската индустрија и банкарството, така што со посебно внимание ја следиме таа сцена. Во Шведска имавме аквизиција на компанија што се занимава со консултантство при развој на софтвер и проектен менаџмент. Ние сме присутни во Шведска со свои канцеларии, но во Стокхолм немавме добар пазарен удел, а со оваа аквизиција тоа ќе го постигнеме. На Малта купивме компанија која изработува софтвер наменет за гејминг индустријата и онлајн обложувањето,

затоа што пред неколку години сфативме дека нема голем број на силни софтверски куќи кои се влезени во таа индустрија и решивме да го искористиме тоа. Преку оваа компанија сме провајдери на платформи за онлајн играње и обложување и имаме 15-тина клиенти на неколку континенти. Во моментов работиме на влез во Велика Британија и сме во процес на евалуација на компании што се интересни за нас. Со какви фирми од В. Британија преговарате? Тоа се компании со големина помеѓу 20 и 50 луѓе, што развиваат софтвер и имаат клиенти главно на британскиот пазар. Преку евентуалните аквизиции ние практично пристапуваме до нивните клиенти и на тој начин, можеме да растеме. При потрагата по стартапи за аквизиции, што ви е најважно кај овие компании? Пред сè, најважно е какви се сопствениците, менаџментот и тимот воопшто. Ние сме преговарале со силни компании, но не сме се договориле затоа што луѓето не биле добри за соработка. При аквизиција на компанија, претпочитаме да остане менаџментот и со него да го градиме бизнисот, а не да ги отпуштиме. Клучно е претприемачот да има голема амбиција за својата компанија. Исто така, сакаме да видиме стопроцентна посветеност на бизнисот. Стартапот е како дете и мора така да се грижите за него. Ако дете заплаче во два часот по полноќ, треба да го нахраните, преслечете и сл. Така е и со бизнисот: не сакаме да соработуваме со претприемач коjшто ќе го одложи завршувањето на задачите или не сака да се оптоварува за време на викенд, којшто троши енергија на други бизниси што не се поврзани со основниот, итн. Наспроти тоа, сакаме да работиме со луѓе коишто се многу креативни, имаат добри идеи и работат со огромна посветеност. Токму нив сакаме да ги внесеме во Сеавус, затоа што кога ќе ставите претприемачи во корпоративна средина, се добива поинаква динамика и поубава енергија. Всушност, еден од главните проблеми на корпорациите е што се губи духот на иновативноста и претприемништвото, и почнуваат да се движат по инерција. Бизнис инкубаторот во рамки на Сеавус го направивте токму со намера да идентификувате ветувачки македонски стартапи што евентуално би се вклопиле во вашите стратешки правци, би станале дел од Сеавус и сл. Какво е досегашното искуство со инкубаторот? Да, со инкубаторот сакаме да привлечеме талент, идеи, иновативност, но пред сè ни е важно кој стои зад тие идеи, кој е двигателот. Во моментов работиме со 7- 8 стартапи, им овозможуваме менторство со искусни домашни и меѓународни претприемачи

Денес во нашата индустрија не е толку предизвик да се најдат клиенти, колку што е да се најде доволен број квалитетни луѓе за работа. Затоа ние се шириме во повеќе земји. Во Македонија сè уште растеме како тим, но ограничен е бројот на луѓе што може да ги вработиме.

преку програми во кои инвестираме, носиме инвеститори пред коишто може да се презентираат. Иако има доста претприемачи со добри идеи во земјава, она што најчесто им фали е солиден бизнис план. Сме разговарале со доста стартапи, секоја чест на ентузијазмот и креативноста, но им недостасува чувство за правење на подетална математика, подвлекување црта и дефинирање како ќе се направи профит. На оние стартапи коишто имаат квалитетен кадар, а им фалат овие нешта, се обидуваме да им помогнеме и ги советуваме како да ги надминат тие слабости. Како оди процесот на преговарање со стартапите што сакате да ги преземете во Европа, но и во земјава? Кои се најголеми предизвици во тој процес за вас како компанија инвеститор? Позитивна работа за Сеавус е, што врвниот менаџмент, е заедно во компанијата долго

ГЛАД ЗА ПРОГРАМЕРИ: АПСОРПЦИОНАТА МОЌ НА СОФТВЕРСКАТА ИНДУСТРИЈА ВО МАКЕ


www.kapital.mk

Капитал број 920 16.06.2017

17 ЗА ДЕСЕТИНА ГОДИНИ ЌЕ ИМА НОВА ГЛОБАЛНА ‘ДИСКРИМИНАЦИЈА’ БАЗИРАНА НА IQ

време и низ годините, низ искуството, но и грешките што ги направивме, се научи брзо да работи на т.н. due diligence анализи за да сфатиме дали има потенцијал во некоја компанија. Исто така, имаме ангажирано и европски експерти, специјализирани за спојувања и аквизиции, коишто ни помагаат во овие процеси. Процесот на анализа на една компанија не трае повеќе од 2-3 недели, па така, многу бргу знаеме дали воопшто да продолжиме со нив. Во компаниите влегуваме исклучиво со мнозински удел, значи најмалку 51%, што ни овозможува да го контролираме растот. За преговарањето околу цената можам да кажам дека колку и понуди да ставиме на маса, на крајот постои само една сума, а тоа е цената што сопствениците се подготвени да ја прифатат и под која не сакаат да одат во никој случај. Не сме влегле во компании за коишто сме сметале дека не вредат за парите што ги бараат, но сме

платиле и повеќе одошто сме планирале. На пример, ако сме размислувале и планирале дека вредноста на компанијата е ЕБИТДА помножено со шест, сме имале случај каде што сопственикот инсистира на ЕБИТДА помножено со 10, и бидејќи навистина ни се допаѓаше менаџментот, тимот и пазарот, ние на крајот плативме колку што бараа. Преговарањето можеби изгледа интересно, но на крајот сè се сведува на една цифра. XИмате X канцеларии во шест земји, седиште во Скопје... Каква компанија е всушност Сеавус, македонска или интернационална? Кои ви се во моментов клучните бизниси на компанијата, од што всушност најмногу заработувате? Живееме во време на глобализација кога сè станува релативно... Ние дефакто сме македонска компанија, затоа што најголем дел од менаџментот и вработените се во Скопје. Но, се шириме и во моментов

XX Во контекст на автоматизацијата, роботизацијата и сл., актуелна е и дебатата што се води на светско ниво околу големиот број работни места што ќе исчезнат како последица, и како сето тоа да се изменаџира најдобро... Според вас, како новите технологии ќе влијаат на нашите животи? Покрај благодетите, удобностите и олеснувањата што ги носи технологијата, таа ќе придонесе да исчезнат милиони работни места, претежно оние кои се поврзани со поедноставни мануелни и рутински операции. Оние што нема да се преквалификуваат на време, ќе се најдат во многу тешка ситуација. Од друга страна пак, ќе се јави потреба за милиони други позиции за коишто сега веројатно и не сме свесни. Роботите некој треба да ги програмира, одржува, итн., што значи ќе има потреба од вакви кадри, како и за биотехнологија, генетски инженеринг, воопшто инженери постојано ќе фалат. Мое лично мислење е, дека за десетина години, ќе има нова глобална “дискриминација“, колку и да звучи ова грубо: тоа ќе биде дискриминација базирана на IQ и високо ниво на стручност, односно, општеството ќе бара високо - квалификуван кадар во дејностите за кои говорев. Оние кои нема да се преквалификуваат, а многумина нема да можат да го направат тоа така лесно, ќе бидат на товар на општеството. развојните центри ни се претежно во средна и источна Европа – имаме развојни центри во Белорусија, Србија, Албанија, сега ќе отвораме во Украина и во Босна и Херцеговина. Всушност, софтверската експертиза од источна Европа ја насочуваме кон клиенти од западна Европа. Целта ни е до крајот на годинава да вработиме уште 300 луѓе. Инаку, Сеавус има четири клучни сопствени производи: два во делот на проект менаџментот, еден во делот на т.н. mind map-

ЕДОНИЈА Е ОГРОМНА И ПОТРЕБНО Е ДА СЕ СОЗДАВААТ ОВИЕ КАДРИ ВО СÈ ПОГОЛЕМ БРОЈ


www.kapital.mk

Капитал број 920 16.06.2017

18

ИНТЕРВЈУ

Иако има доста претприемачи со добри идеи во земјава, она што најчесто им недостасува е солиден бизнис план. Сме разговарале со повеќе стартапи, секоја чест на ентузијазмот и креативноста, но недостасува чувство за правење на подетална математика, подвлекување црта и дефинирање како ќе се направи профит.

ping, како и решенијата за онлајн казина и обложувалници и видео игри. Најпознатиот продукт на компанијата е Seavus Project Viewer, изграден врз платформата на Microsoft, присутен на пазарот повеќе од 11 години, а го користат преку 3.500 клиенти од цел свет, вклучувајќи голем број мултинационални корпорации. Во Македонија речиси и да не продаваме, со исклучок на нашиот едукативен центар (СЕДЦ) и 95% од нашиот промет е со странски фирми. Во моментов, 50% од приходите од продажба се од наша интелектуална сопственост и 50% се од обезбедени услуги за клиенти. Секако, се стремиме приходите од продажба на наши сопствени производи да бидат поголеми во иднина. XКако X софтверска компанија со глобална експанзија, кои се светските технолошки трендови што се во вашиот фокус на интерес и каде што евентуално би го насочиле вашиот развој? Во моментов, најинтересни ни се решенија во полето на вештачката интелигенција и иновациите во банкарството. Стокхолм е еден од светските лидери во развојот на иновации за вештачка интелигенција, роботика и сл., и таму имаме клиенти и партнери со кои што сакаме да направиме нешто ново, особено во индустријата за услужни дејности. Човечката работна сила е најголемиот трошок во оваа индустрија, и Скандинавците сакаат што повеќе да автоматизираат и роботизираат, така што

ќе има многу работа и проекти во оваа сфера. На пример, има голем простор за автоматизација кај call центрите коишто како бизнис започнаа од Индија, па потоа се раширија во други земји во развој што нудат поевтина работна сила и аутсорсирање на услуги. Преку нивна автоматизација, ќе се намали трошокот на големите светски корпорации коишто користат вакви „аутсорсирани“ услуги. Иновативните алатки и апликации со помош на вештачката интелигенција, machine learning и сл., ќе учат постојано и ќе се прилагодуваат на корисникот, па каде што има големи иновации, ќе има и инвестиции. Во банкарството пак, допрва ќе има голема промена, што е резултат на новата европска регулатива PSD2 која стапува на сила од почетокот на 2018 година. XШто X значи оваа промена? Тоа значи дека компаниите од т.н. fintech сектор, односно компании што развиваат технологии за финансиски услуги - а не се примарно банки и останати традиционални финансиски организации - ќе можат да ја користат инфраструктурата и податоците за клиентите од банките и да нудат сопствени услуги. Едноставно кажано, некоја компанија како Skype да речеме, ќе ви нуди да вршите трансакции, додека вашата сметка сè уште си е на безбедно во некоја банка. Ова е слична ситуација на тоа што се случи во телекомуникацискиот сектор, кога т.н. over the top играчи коишто не се регулирани во индустријата, меѓу кои

и веќе споменатиот Skype, Viber, WhatsApp и останатите, користејќи ја инфраструктурата на телекомите, понудија бесплатни пораки, разговори, итн. При тоа, им земаа голем дел од профитот на операторите, за што овие и ден денес остро реагираат и бараат помош од регулаторите на пазарот. Истото ќе се случи и во банкарскиот сектор, со тоа што, банките кои имаат мудар менаџмент денес купуваат fintech компании за да бидат пред останатите. Еве, на пример, една од најголемите француски банки, силно присутна и во регионов, во 2015 прва во својата држава купи една fintech компанија, за онлајн менаџирање на личните финансии. Исто така, BBVA, втората по големина банка во Шпанија, досега има купено неколку fintech компании, едната е стартап во Мексико, специјализиран за платформи за онлајн плаќања. И да споменам уште еден важен аспект на ИТ индустријата, а тоа се решенијата за безбедност. Секојдневно се случуваат упади во ИТ системите низ целиот свет, и околу ИТ безбедноста ќе се креираат милиони нови работни места, за коишто уште од сега постои дефицит. Ние и тука сакаме да инвестираме, особено во делот на т.н. етичко хакирање, односно да им помогнеме на компаниите и останатите организации да ги откријат и надминат слабостите во нивните ИТ системи. За да може да се вклучиме во сите овие сфери, од 750 наши вработени, околу стотина луѓе се дедицирани само на истражување и развој. nnn

ИДНИНА: РОБОТИЗАЦИЈАТА ЌЕ ИЗБРИШЕ, НО И ЌЕ СОЗДАДЕ НОВИ ПРОФЕСИИ



Капитал број 920 16.06.2017

20

www.kapital.mk

АНАЛИЗА

КАКО ДА ПОРАСНЕ ЕКОНОМИЈАТА?!

НОВАТА ВЛАДА ПОЧНУВА ОД 0% ЕКОНОМСКИ РАСТ, ВЕТУВА ДА ДОСТИГНЕ ДО 5%


www.kapital.mk

Капитал број 920 16.06.2017

21

6,5%

5,5%

ПОРАСТ НА БДП

1,8% -0,4% 2007

2008

2009

2,7%

2,3%

5%

3,8% 3,7% 2,4%

-0,5% 2010

2011

2012

0% 2013

2014

2015

2016

1 кв. 2017

Извор: Државен завод за статистика

Новата Влада почнува од нула. Освен што фигуративно, после десетина години владеење на партијата ВМРО – ДПМНЕ, новите власти предводени од СДСМ велат дека ова е нов почеток на градење на државата, од нула почнува да се мери и ефектот од сите економски политики предвидени во новата владина програма. Статистиката измери дека економскиот раст во првиот квартал од годината изнесува 0%, а новиот премиер Зоран Заев вети дека растот во неговиот мандат ќе достигне до 5% просечно. Економистите, оценуваат дека прв услов што мора да се исполни е враќање на политичката стабилност за да може економијата да испорачува резултати. Според нив, властите навистина ќе мора да направат длабоки реформи во економијата за да создадат услови бруто домашниот производ (БДП) да се зголемува со посакуваните стапки.


www.kapital.mk

Капитал број 920 16.06.2017

22

АНАЛИЗА Анализата на завршните сметки на буџетите за последните десет години покажа дека претходните власти, од вкупно 25 милијарди евра, само 1,2 милијарди евра инвестирале во градежни објекти, а дури половина од нив за фамозниот проект Скопје 2014. Економистите сугерираат темелна реформа на буџетот

пишува:

Н

Александар Јанев

aleksandar.janev@kapital.mk

Новата Влада почнува од нула. Освен што фигуративно, после десетина години владеење на партијата ВМРО – ДПМНЕ, новите власти предводени од СДСМ велат дека ова е нов почеток на градење на државата, од нула почнува да се мери и ефектот од сите економски политики предвидени во новата владина програма. Статистиката измери дека економскиот раст во првиот квартал од годината изнесува 0%, а новиот премиер Зоран Заев вети дека растот во неговиот мандат ќе достигне до 5% просечно. „Приоритет на Владата во економијата ќе биде развојот на домашните претпријатија, пред се на малите и средните претпријатија. Ќе се создаде здрава и предвидлива деловна клима, без политички притисоци и репресии. Посебно внимание ќе се посвети на поврзување на домашните претпријатија со странските во технолошко - индустриските зони. Нашата цел е остварување на просечна стапка на раст на економијата повисока од 5% во

периодот на мандатот“, пишува во новата владина програма. Но, колку е реално македонската економија, која во последните десет години оствари просечен економски раст од 3%, да порасне повеќе?! Министерот за финансии, Драган Тевдовски, вели дека првите сигнали во јуни упатуваат на зголемена економска активност. „Јас сум голем оптимист, дека од јуни работите се движат во позитивна насока. Веќе од сите разговори со менаџерите на фирмите, се гледа дека инвестиционата активност се придвижува. Ги гледаме првите показатели околу приходите во буџетот, тие се зголемуваат и мислам дека и ако започнеме да ги правиме вистинските реформи, земјава ќе оди во вистинска насока и економскиот раст ќе се интензивира“, изјави Тевдовски. Економистите, оценуваат дека прв услов што мора да се исполни е враќање на политичката стабилност за да може економијата да испорачува резултати. Според нив, властите навистина ќе мора да направат длабоки реформи во економијата за да создадат услови бруто домашниот производ (БДП) да се зголемува со посакуваните стапки. Тие велат дека нема магично стапче, надвор од контекстот на економската наука, кое што би можело веднаш да ја мрдне економијата од точката на стагнација. „Основно е да се работи на подобрување на клучните сегменти на инвестиционата клима. Тука е особено значајно натамошно зацврстување на сопственичките права и ефикасноста на договорите, особено

реформите во судскиот систем, вложување во крупната инфраструктура како што се патишта, железници, енергетски капацитети и во научно - истражувачка работа, добра и фер регулација што значи дека регулативните тела и агенции треба да ги водат компетентни луѓе, а не партиски кадри, подобрување на пристапот на бизнисите до пари за финансирање на развојот преку натамошно намалување на каматните стапки, длабоки реформи во јавната администрација. Тоа ќе овозможи растот да го креира бизнис секторот, а не државата којашто се претвори во најголем инвеститор и работодавач и која по дефиниција е неефикасна и нерационално ги користи ресурсите“, оценуваат економистите. Овие реформи се очекува да се интензивираат со напредокот на земјата кон евро - атлантските интеграции.

Ремонт на државниот буџет

Една од клучните препораки на меѓународните финансиски институции до Владата е да инвестира повеќе пари за капитални објекти, меѓутоа за изградба на автопати и железнички пруги кои на долг рок ќе генерираат профит за инвестициите да бидат исплатливи. Властите ќе мора да направат ремонт на целиот државен буџет, така што ќе се скратат непродуктивните трошоци, а тие пари ќе се наменат за инвестиции во крупната инфраструктура, сугерираат економистите. Анализата на завршните сметки на буџетите од 2007 до 2015 година и податоците за

ЕКОНОМИСТИ: РАСТ ОД 5% Е РЕАЛНО ОСТВАРЛИВА СТАПКА


www.kapital.mk

Капитал број 920 16.06.2017

23 извршување на буџетот за 2016 година, покажаа дека претходните власти вложиле помалку од 5% од народните пари во градежни и други градежни објекти. Односно, вкупно 25 милијарди евра потрошени народни пари за десет години, за изградба на патишта, железнички пруги, училишта, но и објектите од проектот Скопје 2014, претходните власти инвестирале само 1,2 милијарди евра. За споредба, во истиот период, за плати на јавната администрација се потрошиле речиси 3,8 милијарди евра, а за пензии, над 5,8 милијарди евра. Поразително е што дури ниту овие 1,2 милијарди евра не се потрошиле целосно за развојни проекти. Се проценува дека половина од парите завршиле за изградба на зградите, фасадите, спомениците, плоштадите и сите други објекти од проектот Скопје 2014 кој што според последните пресметки од базата на податоци на БИРН, чини над 680 милиони евра. Универзитетски професор чија специјалност е токму инвестиционата политика, Методија Несторовски, објасни дека постои заблуда дека сите пари наменети за капитални инвестиции во буџетот имаат развоен ефект. „Под капитални инвестиции во буџетот се книжат и купувањето на возила или мебел,

коишто се всушност само еднократен трошок без никаков економски ефект. Единствено вложувањето во градежни објекти може да обезбеди развој на долг рок, но важно е и какви објекти се градат, дали патишта или железници или пак објекти како што беа од проектот Скопје 2014“, изјави неодамна професорот Несторовски. Сепак, статистиката покажа дека во изминатите неколку години, главен носител на економскиот раст во земјава беше токму градежништвото. Пресметките покажаа дека доколку се исклучи ефектот на овој сектор од податоците, економскиот раст би бил преполовен. „Овие инвестиции имаат ефект врз порастот на економијата само во моментот додека се реализираат преку интензивирање на градежните активности. Градежните компании ги собрале парите, прикажале профити и тоа се квантифицирало во зголемување на бруто домашниот производ (БДП). Тоа е единствениот ефект за економијата“, објасни професорот Несторовски. Економистите велат дека кога се вложува во автопати, железница или други инфраструктурни проекти „се создаваат услови на долг рок бизнисите да ги намалуваат

трошоците на работење, на пример преку заштеда на гориво, време за транспорт, и за сметка на тоа тие ќе работат со поголеми добивки, ќе отвораат нови работни места па дури и ќе го шират бизнисот“. Затоа, главна препорака од бизнис заедницата до новата влада, е да се изгради модерна патна, железничка инфраструктура, хидроцентрали за производство на струја, нови училишта, болници, како основа за подобрување на условите за водење бизнис и зголемување на животниот стандард на граѓаните. Светска банка во една своја студија, сугерираше земјите во развој да инвестираат околу една четвртина од БДП (што во нашиот случај би било над 2 милијарди евра) во капитални проекти за да се забрза економската активност. Кај нас, ниту една Влада досега, не одвоила повеќе од 3%- 4% од БДП за јавни инвестиции. Шефицата на Мисијата на ММФ за Македонија, Џесмин Рахман, во неодамнешно интервју, исто така потенцираше дека „властите треба да направат фискален простор преку ефикасност во трошењето за вложувања во инфраструктура со цел спротивставување на економските кризи“. Европската комисија во последниот Извештај за напредокот на земјата исто така во


www.kapital.mk

Капитал број 920 16.06.2017

24

АНАЛИЗА

Проценките на Светската банка покажуваат дека со просечен раст од околу 5%, ќе треба да поминат 20 години за да се изедначи животниот стандард на Македонците со стандардот на Европејците

неколку наврати ја истакна потребата властите повеќе пари од буџетот да вложуваат во изградба на транспортната инфраструктура за сметка на тековните трошоци. „Економијата има значителни потреби од инвестиции, меѓу другото и во јавната инфраструктура, што ја прави помалку конкурентна во споредба со другите“, пишува во Извештајот.

Мерки за раст од 5%

Главното свртување на економските политики на новите власти е од доминантен фокус на странските инвестиции во претходните мандати на партијата ВМРО ДПМНЕ, кон поголема поддршка и поттикнување на домашните компании. „Економијата не може да успее со сегашниот модел на развој кој се базира на странски инвестиции, ниски плати и државни инвестиции во фасади, споменици и административни згради. Нашиот модел на развој се базира врз поддршка на домашните претпријатија, раст на продуктивноста и долгорочни инвестиции. За нас странските инвестиции се дополнување на домашните, но не и нивна замена“, потенцираше владејачката партија во својата програма алудирајќи на нееднаквиот однос меѓу странските и домашните инвеститори на кој што досега се жалеа менаџерите на македонските компании. „Развојот на домашните претпријатија, пред сè на малите и средните претпријатија, ќе биде наш приоритет. Годишната државна поддршка за поттикнување на домашните претпријатија ќе изнесува 20 милиони евра во првата година, а ќе достигне 50 милиони евра во последната година од мандатот. Овие средства ќе бидат дополнети со надворешни кредитни линии, како на пример од Европската инвестициона

банка“, наведува СДСМ. Меѓу другото, владејачката партија најави дека ќе се залага и за подобрување на условите на пристап до пари на пазарот. Развојот на малите и средни фирми според СДСМ, неминовно е поврзан со пристапот до пари и за таа цел партијата меѓу своите проекти наведува докапитализација на Македонската банка за поддршка на развојот (МБПР) и зголемување на нејзината улога во економијата, а меѓу другото, државната банка да почне да финансира и start up и микро компании кои тешко може да дојдат до кредит од комерцијалните банки. Освен тоа, во програмата е најавено и основање на инвестициски фонд за вложување во start up бизниси и мали и средни фирми со малцинско учество на државата, а преку 51% да биде во приватна сопственост. Во програмата, Владата се задржува на неколку болни точки што бизнисмените во последните неколку години ги посочуваа како најголеми проблеми. На пример, ветува дека владата и јавните претпријатија нема да доцнат во плаќањето на своите обврски по основа на склучени договори, набавени стоки или услуги. „Владата во првите 100 дена од мандатот ќе го објави вкупниот износ на сите акумулирани доспеани обврски на државата. Веднаш ќе се изработи план за нивно плаќање со јасни рокови, а Владата ќе води политика на навремено плаќање на доспеаните обврски. Не може да бараме фискална дисциплина од претпријатијата и граѓаните, а државата истата да не ја почитува“, пишува во владината програма. Создавањето на поволна деловна клима Владата најави дека ќе го помага и со политики на соработка со бизнис - секторот, недискриминација, зголемена ефикасност и

транспарентност на институциите и целосно почитување на правната држава. Притоа, се обврзува на промена на казнената политика. „Инспекциските служби нема да бидат инструмент за репресија и политички притисоци. Изборот на правните субјекти кои ќе бидат контролирани ќе се спроведува по случаен избор или по пријава со цврсти докази. За елиминирање или намалување на степенот на субјективноста во вршењето на инспекциски контроли, ќе се воведе јавен регистер на инспекциски контроли кои ги вршат државните органи и инспекции. Ќе постои прво – опомена за сторен прекршок; само при негово повторување – казна. Казните ќе бидат пропорционални на приходите и на големината на деловните субјекти“, пишува во владината програма.

Со стапки на раст над 5%, побрзо до европскиот стандард

Меѓународните финансиски институции потенцираа дека приближувањето на земјите од Западен Балкан до животниот стандард на Европската Унија е во застој, а ако Македонија сака побрзо да се доближи до европскиот просек, ќе треба да остварува натпросечни стапки на економски раст. Проценките на Светската банка покажуваат дека доколку економскиот раст забрза на 6% годишно, Македонија ќе го стигне европското ниво на БДП по жител за 15 години. Со раст од 4,5%, ќе треба да поминат над 20 години за да се изедначи животниот стандард на Македонците со стандардот на Европејците, додека пак со раст од 2%, изедначувањето би се случило дури по 60 години. Токму затоа аналитичарите на Светската банка сугерираат властите целосно да се фокусираат на забрзување на економската активност. nnn

ПРОЦЕНКИ: СО РАСТ ОД 5% ЗА 20 ГОДИНИ ДО ЕВРОПСКИОТ ПРОСЕК


пОРше ЛИзИНГ паКеТ / ПОЛН РЕЗЕРВОАР / ПРВА РЕГИСТРАЦИЈА / КАСКО за 1 денар

SEAT LEON TDI

НОВИОТ LEON

од

15.950 €

сОздадеН за шампИОНИ

/ Дневни LED светла

/ Мултифункционален управувач

/ Алуминиумски фелни 16”

/ Наслон за рака

/ Задни паркинг сензори

/ Централно заклучување со далечинско

/ Магленки со аголно осветлување

/ Електрика на сите стакла

/ Двозонски Climatronic

/ Електрика и греење на ретровизори

/ Bluetooth, SD, USB

/ 6 воздушни перничиња

/ 5” екран на радиото, во боја чувствителен на допир

/ ABS+ESP

TECHNOLOGY TO ENJOY fb.com/seatmacedonia

www.seat.mk

ПОРШЕ СКОПЈЕ бул. Босна и Херцеговина 4, Скопје | тел: 02 26 03 770/771 | факс: 02 2603-800 | sales@porsche.com.mk

СКС АУТО бул. Гевгелија бб, Гевгелија | тел: 034 216 301 | факс: 034 216 301 | sks.auto@t-home.mk

ДЕ ЛУКС - АУТО ул. 500 бр.55, Куманово | тел: 031 444 999 | факс: 031 431 432 | info@deluxe.com.mk

ЈОСИФОВ Грчки пат бб, Битола | тел: 047 241 515 | факс: 047 241 414 | seat@josifov.com.mk


www.kapital.mk

Капитал број 920 16.06.2017

26

КОМПАНИИ И ПАЗАРИ

ИЗГРАДБАТА НА АВТОПАТОТ ПРИВРШУВА, ИСТРАГАТА ПРОДОЛЖУВА

КАКОВ ФИНАНСИСКИ КРИМИНАЛ НАПРАВИ ГРЧКИ АКТОР ВО МАКЕДОНИЈА?! Изградбата на автопатот Демир Капија – Смоквица привршува, но истрагата за финансиски криминал во кој е вмешан изведувачот, грчката компанија Актор, продолжува. Овој случај повторно се актуелизираше во јавноста откако грчките медиуми објавија дека Европската агенција за борба против корупција (ОЛАФ) ја казнила компанијата Актор со 50 милиони евра поради измама и перење пари при изградбата на овој автопат од Коридорот 10.

И

Изградбата на автопатот Демир Капија – Смоквица привршува, но истрагата за финансиски криминал во кој е вмешан изведувачот, грчката компанија Актор, продолжува. Овој случај повторно се актуелизираше во јавноста откако грчките медиуми објавија дека Европската агенција за борба против корупција (ОЛАФ) ја казнила компанијата Актор со 50 милиони евра поради измама и перење пари при изградбата на овој автопат од Коридорот 10. Засега се уште нема детали како се вршело перење на пари, иако грчките медиуми според извори од истрагата, објавија дека имало вработени во Актор, кои што земале месечни плати и по 110 илјади евра. Набрзо по оваа вест, од компанијата само соопштија дека „немаат сознание за постоење кривично гонење во врска со договорот за изградба на автопатот Демир Капија – Смоквица“ и дека по извршената ревизија, судските власти во

Скопје, предметот го ставиле во архива во 2014 година. Овој случај го отвори партијата на власт, СДСМ, пред три години со документи според кои грчки државјани, преку претставништвото на компанијата во земјава, подигале милиони евра во кеш од филијала на Стопанска банка во Неготино. СДСМ во тоа време обвини дека од македонски банкарски сметки незаконски биле извлечени 3,5 милиони евра. Но, реализацијата на овој крупен инфраструктурен проект, ја следат контроверзи уште од самиот почеток, кога токму грчки Актор го доби меѓународниот тендер.

Актор имаше поскапа понуда на тендерот

Грчката градежна фирма, која е ангажирана на милионски инфраструктурни проекти и во Србија, Албанија и Романија, го доби тендерот за изградба на автопатот Демир Капија – Смоквица иако немаше најниска финансиска понуда. На јавниот повик за избор на изведувач

на градежните работи се пријавија дури 15 странски компании и конзорциуми. Како главен фаворит се наметнуваше италијанската компанија Тото, чија понуда, како што беше подоцна објавено, најверојатно била најниска и изнесувала 160 милиони евра. Сепак, Тото беше дисквалифкувана откако во подоцнежната фаза на постапката одеднаш беа сменети дел од критериумите кои треба да ги исполнат фирмите кои конкурираа. По таквиот расплет на настаните, работата ја доби Актор. Ова е забележано и во извештајот на ОЕЦД, во кој се потенцира дека понудата на грчката компанија била за 40 милиони евра повисока од понудите на дел од останатите конкуренти на тендерот. Градежните работи почнаа во септември 2012 година, но веќе две години подоцна, во јавноста се обелодени афера за наводна вмешаност на компанијата во финансиски криминал. Во 2014 година, тогашната опозициска партија, СДСМ објави документи, според



www.kapital.mk

Капитал број 920 16.06.2017

28

КОМПАНИИ И ПАЗАРИ

кои, во 2013 и 2014 година од банкарски сметки на Актор во македонски банки незаконски била извлечена готовина во висина од над 3,5 милиони евра. Партијата тогаш објави дека станува збор за добро разработена шема. Имено, секој месец големи групи грчки државјани со автобуси биле носени во Неготино, каде од локалната филијала на Стопанска банка Скопје ваделе пари, кои претходно градежната компанија им ги префрлала на име хонорари. Обвинувањата беа дека станува збор за лица кои на никаков начин не биле ангажирани на автопатот Демир Капија – Смоквица и дека парите воопшто не ги изнесувале од Македонија туку ги предавале веднаш откако ќе ги изваделе од банката. Во март пред три години, лидерот на СДСМ Зоран Заев изјави дека дел од прислушуваните материјали се однесуваат токму на аферата Актор. Тогаш го повика јавниот обвинител Марко Зврлевски да се произнесе за случајот, а во спротивно се закани дека ќе ги објави т.н. „бомби“. Иако аферата предизвика голем интерес во јавноста, не беше доволно провокативен за Јавното обвинителство да открие во чии џебови завршувале овие пари. Така во април 2014, македонското Јавно обвинителство одлучи да не отвори истрага, а само најави дека и натаму ќе продолжи да прибира доказен материјал, со што не ја исклучи можноста во иднина да биде отворен случај за аферата „Актор“. Како дел од истрагата, по барање на Управата за финансиско разузнавање, беа блокирани сметките на две фирми, но за кусо време истите беа одблокирани. Сепак, иако од тогаш поминаа повеќе од три години, а само штури информации може да се добијат во врска со случајот. Меѓутоа, оваа афера беше доволен мотив да се отвори меѓународна истрага. Европската Унија по сомневањата во јавноста во Македонија и Грција се заинтересира за тоа како се трошеле парите за изградба на делницата, која треба целосно со автопат да ги поврзе северната и јужната граница на Македонија. Европската канцеларија за истраги на измами со европските фондови ОЛАФ во 2015 година потврди дека се води истрага во Македонија, а сите сомнежи укажуваат дека се работи токму за аферата

Актор. Истрагата што се отвори беше апсолутно очекувана имајќи предвид дека од 257 милиони евра, колку што чини изградбата на автопатот, 45 милиони се грант од европските ИПА фондови, уште 200 милиони евра се заем од Европската банка за обнова и развој (EБОР) и Европската инвестициска банка (EИБ), додека од државниот буџет директно се одвоени само шест милиони евра. ОЛАФ во земјава побарала соработка со повеќе институции, а според информациите во дел од медиумите, и биле доставени документи од Финансиската полиција. Исходот што засега и е познат на јавноста, барем како што објавија грчките медиуми, е казна за Актор од дури 50 милиони евра. Во меѓувреме, истрага водеше и Грција, а медиумите објавија дека компанијата Актор се сомничи дека понудила поткуп на официјални претставници од земјава за да го добие милионскиот тендер. Извор на информацијата беше извештај на Организацијата за економска соработка и развој – ОЕЦД за борбата против корупцијата во Грција. Во извештајот на ОЕЦД, меѓу другото, се вели и дека надлежните органи од земјава не соработувале со грчкото обвинителство за овој случај, по што Атина побарала посредништво од Eurojust. Еден месец подоцна, во април 2015 година, грчките власти го уапсија сопственикот на Актор, Леонидас Боболас, но не стануваше збор за случајот со автопатот во Македонија, туку бидејќи префрлал пари во швајцарски банки, спротивно на законот.

Кост – бенефит анализата исплатлива

Едно возило од Демир Капија до Смоквица ќе стигнува за 10 минути побрзо отколку сега, откако ќе заврши изградбата на овој дел од Коридорот 10 во Македонија. Кост – бенефит анализата на изградбата на оваа делница од Коридорот 10 направена од група истражувачи на Finance Think, покажа дека пократкото време за патување ќе им заштеди на луѓето 308 илјади евра годишно време изразено во платени работни и неработни часови, по 2,3 милиони евра заштеди за гориво и помала амортизација, по 3,8 милиони евра дополнително во бруто домашниот производ од транспортот по овој автопат. Истражувањето покажува дека по 30 години, кога ќе се соберат трошоците и

бенефитите, нето сегашната вредност е позитивна и поради тоа, сугерираа властите што повеќе пари од буџетот да инвестираат во изградба на автопати. Оваа анализа покажа дека вкупните придобивки од изградбата на делницата Демир Капија – Смоквица од Коридорот 10 во период од 30 години ќе достигнат 464 милиони евра, додека пак трошоците за градењето и одржувањето на автопатот се проценуваат на 330 милиони евра. Со тоа, сегашната нето - вредност по 30 години од денот кога почна реализацијата на овој проект во 2011 година, изнесува 9,7 милиони евра. Просечниот годишен поврат на инвестицијата на рок од 30 години, без да се пресметаат трошоците за исплата на камати, изнесува 0,13% за иницијалната инвестиција од 252 милиони евра, што е скромна исплатливост споредено со некои проекти во Европа кои што ги истражуваше Европската инвестициска банка (ЕИБ) каде што 10 од 14 изградени патишта донеле годишен поврат на инвестицијата од 4%. Според очекувањата на сопствениците на компаниите од секторите транспорт, шпедиција и логистика, туристичките агенции и фирмите кои се занимаваат со малопродажба, со изградбата на автопатската делница нивниот профит ќе порасне над 20%. Сепак, економистите проценуваат дека дури и да се нивните очекувања преоптимистички, раст на профитот од 10% би бил сосема реален. Освен транспортот, истражувањето покажува дека со отворањето на новиот автопат се очекува значително да се зголеми трговската размена со Грција. Меѓутоа, засега е дискутабилно дали повеќе ќе порасне извозот од Македонија во Грција, или пак увозот. Според проценките на Царинската Управа, околу 80% од вкупниот извоз во Грција од 150 милиони евра се одвива преку граничниот премин Богородица, односно токму по овој автопат. Од друга страна, Македонија увезува три пати повеќе од Грција, отколку што извезува и затоа според истражувањето, нејасно е дали новиот автопат ќе го зголеми нето-извозот или ќе го намали. nnn



www.kapital.mk

Капитал број 920 16.06.2017

30

БИЗНИС И ТЕХНОЛОГИЈА

ФИНИШОТ НА ГРАНДИОЗНИОТ ПРОЕКТ ГО ОД

НОВОТО ГРАНДИОЗНО

Ш

ест години откако легендарниот шеф на Apple, Стив Џобс (почина во 2011 година), го претстави дизајнот на објектот, и четири години по почетокот на изградбата, односно илјадници стаклени и соларни панели подоцна; фасцинантниот, футуристички и усогласен со природата кампус на Apple, наречен Аpple Park, се приближува до своето завршување. Во меѓувреме излегоа и детали околу тоа како Џобс пред неговата смрт во 2011 година се носел со проектот. Според Стив Леви од Wired, средбите со лондонската

Во меѓувреме излегоа и детали околу тоа како Стив Џобс пред неговата смрт во 2011 година се носел со проектот: средбите со лондонската архитектонска компанија, Foster and Partners, често траеле по пет– шест часа, заземајќи значително време од последните две години од животот на легендарниот шеф на Apple архитектонска компанија, Foster and Partners, често траеле по пет–шест часа, заземајќи значително време од последните две години од животот на Џобс. Новото седиште на компанијата што се наоѓа во Купертино, Калифорнија, е новото футуристичко работно место за

13.000 вработени, кое според проценките чини 5 милијарди долари. Тоа го вклучува веќе иконскиот кружен кампус со над 260.000 квадратни метри работни површини, огромен отворен простор во централниот дел, 9.000 дрвја (што сè уште се засадуваат), како и сосем новиот центар за презентации, Apple

ФОСТЕР: ОВОЈ ОБЈЕКТ ИЗНИКНА ОД СТРАСТА НА СТИВ ЏОБС


www.kapital.mk

Капитал број 920 16.06.2017

31

Норман Фостер И покрај тоа што Apple строго води сметка за приватноста, одредени делови на кампусот ќе бидат отворени за јавноста, како центарот за посетители и кафе ресторанот во склоп на центарот. Покрај сончевите панели и сопствениот центар за генерирање електрична енергија, главната зграда во Apple Park се разладува преку систем за пропуштање на воздухот, понапреден/ поефикасен од вообичаените клима уреди.

ДЛОЖУВА ОПСЕДНАТОСТА СО ДЕТАЛИТЕ

О СЕДИШТЕ НА APPLE Steve Jobs Theatre, со капацитет за 1.000 луѓе, што ќе биде местото каде ќе бидат претставувани повеќето нови производи со логото со „гризнато“ јаболко.

За новиот кампус се користени повеќе револуционерни материјали и дизајни од иднината. Доминираат огромните стаклени панели, а покривот на

центарот за евенти е една од најголемите структури од јаглеродни влакна (carbon fibres) во светот. Соларниот кров од 17 мегавати ќе биде еден од најголемите на


www.kapital.mk

Капитал број 920 16.06.2017

32

БИЗНИС И ТЕХНОЛОГИЈА Комплексот од 260.000 квадратни метри опкружен е со бројни дополнителни структури, како ресторани и фитнес центри, а во негов склоп има и овоштарик, ливада и езерце. Apple исто така планира да засади и околу 9.000 стебла. Компанијата најави дека преселувањето во април, за што ќе бидат потребни повеќе од шест месеци, со оглед дека Apple има близу 13.000 работници

светот, а самата зграда ќе биде најголема градба во светот со природна вентилација. Apple понесен од проектот е опседнат со деталите дотолку што проектира дури и нов вид кутија за пици, за да се сочува

свежината на храната кога ќе се транспортира низ огромниот кампус. Во однос на хармонизираноста со природата, односно еколошката димензија на објектот, покрај сончевите панели и сопствениот центар за генерирање електрична енергија, главната зграда во Apple Park се разладува преку систем за пропуштање на воздухот, понапреден/поефикасен од вообичаените клима уреди. Благодарение на нејзиниот дизајн нема да биде потребно ниту греење, ниту ладење во текот на девет месеци во годината. Централата со форма на прстен, исто така, е поставена врз огромни амортизери, што треба да ја заштитат во случај на земјотрес. Дизајнот на Apple Park е сосем различен од оној на старото седиште, што претставува група меѓусебно неповрзани згради со малку отворен зелен простор во средината. Новиот кампус требаше своите врати да ги отвори во април, но покрај внимавањето на сите овие детали, засега не се знае која Apple ќе го отвори Apple Park и кога сите вработени ќе се префрлат таму. nnn

Поранешниот директор на Apple, Стив Џобс новиот центар го спореди со вселенски брод, кога ја предложи неговата изградба во 2011 година. Неговиот интерес за дизјанот дефинитивно имал влијание на изгледот на зградата. Џобс почина во октомври 2011 година, а во негова чест е изграден аудиториум со 1.000 седишта, кој ќе биде наречен Steve Jobs Theater, а ќе биде сместен на врвот на бродот, односно на една од највисоките точки на кампусот.




СПЕЦИЈАЛНА ЕДИЦИЈА

ТОП ИЗВОЗНИЦИ НА МАКЕДОНИЈА

23 ЈУНИ 2017

Капитал Медиа Гроуп ја подготвува седмата по ред едицијата ТОП ИЗВОЗНИЦИ, во која го анализираме работењето на најголемите и најдобри извозно ориентирани компании и индустрии во Македонија. Во време кога Македонија почнува нова страница во политиката, е вистинско време да се постават приоритетите и столбовите на новата економска политика. Новата економска парадигма на Македонија мора да биде извозот. Сите извозни компании, без разлика дали се странски или домашни, мора да имаат силна поддршка од државата, банките и институциите, ако сакаме силна економија, која нема да зависи од задолжувања. Во годинешната едиција ТОП ИЗВОЗНИЦИ на Македонија што ќе излезе на 23 јуни, ќе бидат вклучени повеќе рангирања:

l ТОП 100 НАЈИЗВЕЗУВАНИ ПРОИЗВОДИ l ТОП 20 НАЈГОЛЕМИ ИЗВОЗНИ ПАЗАРИ l ТОП 10 НАЈГОЛЕМИ НЕТО ИЗВОЗНИ ИНДУСТРИИ Исто така, во едицијата ТОП ИЗВОЗНИЦИ ќе може да прочитате и многу анализи, интервјуа, очекувања, рангирања и профили на компании:

l БИЗНИС ПЛАНОВИТЕ НА НАЈГОЛЕМИТЕ ИЗВОЗНИЦИ l КАКО ДА СЕ ПОТТИКНЕ ИЗВОЗОТ НА ДОМАШНИТЕ ИЗВОЗНИ КОМПАНИИ? l ИЗВОЗОТ НА ХРАНА

НАЈГОЛЕМ ПОТЕНЦИЈАЛ НА МАКЕДОНИЈА

l ИЗВОЗОТ НА УСЛУГИ

НАЈГОЛЕМ ЏОКЕР ЗА МАКЕДОНИЈА

l МЕТАЛУРГИЈАТА ПРЕД КОЛАПС.

КАДЕ Е СПАСОТ?

l ПРИРАЧНИК ЗА ИЗВОЗНИЦИ

БИЗНИС ПРОЦЕНКИ ЗА НАЈГОЛЕМИТЕ ИЗВОЗНИ ПАЗАРИ

Повеќе информации во врска со прилогот и за претставување во истиот можете да добиете на е-мail: marketing@kapital.com.mk l gordana.mihajlovska@kapital.mk или на телефонскиот број ++ 389 2 3298 505

ЛИЦE ЗА КОНТАКТ:

ГОРДАНА МИХАЈЛОВСКА


www.kapital.mk

Капитал број 920 16.06.2017

36

КЛУБ НА ИСТРАЖУВАЧИ

КЛУБ НА ИСТРАЖУВАЧИ НА НАРОДНАТА БАНКА

ПРОМОВИРАНИ ДВА НОВИ СТРУЧНИ ТРУДА ВО НАРОДНАТА БАНКА Клубот на истражувачи на Народната банка промовираше два нови стручни трудови – „Емпириско истражување за проценување потенцијална валутна криза: Македонија и Србија“ на авторот Татјана Бошков и „Мерење на ефикасност на банкарски филијали и рангирање на експозитури: повеќекритериумски пристап“ на авторот Виолета Цветкоска.

И

Истражувањето „Емпириско истражување за проценување потенцијална валутна криза: Македонија и Србија“ презентирано од Татјана Бошков е теоретска и емпириска анализа за потенцијална валутна криза во Македонија и Србија. Истражувањето опфаќа мерење на повеќе индикатори (EMPI, STNR, MI, MOC, MOCC) во временски интервал од 2005 до 2016 година, чии вредности треба да укажат на можна дисторзија т.е. да придонесат за рана детекција на валутна криза во Македонија и Србија. Двете клучни прашања на кои е фокусирано ова истражување е дали постојат пореметувања во Македонија и Србија кои може да предизвикаат валутна криза и која генерација на модел на валутна криза би била најблиска за овие две земји. „Добиените вредности на горенаведените

индикатори преку примена на економетриски и статистички анализи, јасно укажа дека во овие две земји не се детектира валутна криза во временскиот интервал од 2005 до 2016 година. Поконкретно, Македонија е далеку од можноста за настанување на валутна криза, додека Србија двапати се доближува до алармантна зона - јуни 2011 и јули 2014“, истакна Бошков. Одговорот на второто прашање, пак, е дека највисоките вредности на Индексот на притисок на девизен пазар за Македонија укажува на Првата генерација на модел на валутна криза. „Избивањето на криза главно има врска со очекувањата и довербата на инвеститорите во Централната банка, да обезбедат фиксен девизен курс, како што во многу случаи недостатокот на таква гаранција довело до колапс на валутата. Највисоката вредност на ИПДП за Србија покажува дека можна валутна криза би имала карактеристики на Втората и Третата генерација кои се поврзуваат со

креирањето "trade-off" меѓу краткорочната макроекономска флексибилност и долгорочниот кредибилитет; како и брзото влошување на билансот на состојба заедно со движењата на цената на средствата вклучувајќи го и девизниот курс. Пример за таков модел е Азиската криза од 1990, каде големите разлики во билансот на состојбата на финансискиот сектор и корпорациите промовираат појава на валутна криза“, истакна авторот Бошков и додаде дека добиените резултати укажуваат на успешно водење на политиката на девизен курс од страна на монетарните власти во Македонија, односно НБРМ одржува стабилен фиксен девизен курс. „Анализата потврди дека нашата Централна банка во последните години на турбулетно окружување како и de factо променетата финансиска слика (портфолио странски инвестиции, меѓународно кредитирање, трансфер на депозити со цел да се искористат разликите во каматните стапки - финансиски текови кои не мора да се поврзат со меѓународната трговија)


ИНСТИТУТ КОНЦЕПТ ВО СОРАБОТКА СО TÜV NORD CERT ОРГАНИЗИРАAТ ЕДНОДНЕВНА ОБУКА ЗА:

УПРАВУВАЊЕ СО КВАЛИТЕТ ВО ОБЛАСТА НА ЗАВАРУВАЊЕТО, СПОРЕД БАРАЊАТА НА МЕЃУНАРОДНИТЕ СТАНДАРДИ ISO 3834 И EN 1090  27 jуни 2017 (вторник)  09:00-17:00 часот Институт КОНЦЕПТ, Скопје

Целта на обуката е кандидатите да се стекнат со солидно знаење во врска со барањата на меѓународните стандарди за заварување ISO 3834 и EN 1090, како и нивна практична примена. Кандидатите по завршувањето на оваа обука ќе бидат оспособени за техниките кои се неопходни за воспоставување, како и за оценување/проверување на усогласеноста на системите за управување на квалитет на заварувањето во своите Компании, според барањата на ISO 3834 и EN 1090 Стандардите. ПРЕДАВАЧИ:

ГЕОРГИ МИНЧЕВ предавач/експерт за EN 1090, и ЈОРДАН КОСТАДИНОВ предавач/експерт за ISO 3834. (Inspector/Auditor) од Република Бугарија

РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ: 22 ЈУНИ 2017

УЧЕСНИЦИТЕ НА ОБУКАТА ЌЕ ДОБИЈАТ ДВА СЕРТИФИКАТИ ОДНОСНО:  За секој учесник на семинарот, по проверката на знаењето од тестирањето и позитивното решавање на истиот, ќе биде издаден Сертификат од TÜV NORD за оспособеност за соодветниот семинар. Сертификатот на TÜV NORD е признат од сите меѓународни организации и како таков може да послужи како почетна основа за понатамошно усовршување во соодветното подрачје.  Сертификат од Институт КОНЦЕПТ за учество на обуката.

За повеќе информации посетете ја нашата веб страна: www.koncept.com.mk

КОНТАКТ: м-р Ленче Зикова и м-р Ирена Богоевска  e-mail: institut@koncept.com.mk  02 3128 526  070 272 207


www.kapital.mk

Капитал број 920 16.06.2017

38

КЛУБ НА ИСТРАЖУВАЧИ

спроведува успешна макроекономска политика, особено амбициозна задача со оглед на тоа што Македонија е мала и отворена економија, која е сензитивна на таквите случувања, истовремено конвергирајќи кон ЕУ", изјави Бошков. Истражувањето „Мерење на ефикасност на банкарски филијали и рангирање на експозитури: повеќекритериумски пристап“, на Виолета Цветкоска, доцент на Економскиот факултет – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје покажа дека во спроведеното истражување во Комерцијална Банка АД Скопје се применува повеќекритериумското одлучување кое претставува релативно ново поле на дисциплината операциски истражувања. „Поточно, се применува водечката непараметарска методологија анализа на обвиени податоци (Data Envelopment Analysis – DEA) за мерење на релативната ефикасност на филијалите на Комерцијална банка АД Скопје, како и најпознатата повеќекритериумска метода, аналитички хиерархиски процес (Analytic Hierarchy Process – AHP) за рангирање на експозитурите на Банката“. Книгата “Applying multi-criteria decision making methods in banking: The case of Komercijalna Banka AD - Skopje” се состои

од два дела. Првиот дел е насловен: „Мерење на релативната ефикасност на филијалите на Комерцијална банка АД Скопје: непараметарски пристап“. Во овој дел најпрво се поставени целите на истражувањето, а потоа е даден краток преглед на литература за примената на DEA во банкарски филијали. Потоа, посебно внимание и е посветено на методологијата, т. е. на DEA, како и на DEA-техниката Window (прозорска) анализа која овозможува да се зголеми бројот на филијали, a и да се следи промената на ефикасноста на филијалите низ времето Вториот дел од книгата е насловен: „Рангирање на експозитурите на Комерцијална банка АД Скопје: повеќекритериумски пристап.“ Во овој дел фокусот е на една од најчесто користените методи за повеќекритериумско одлучување – AHP-методата. Оваа метода е применета за да се изврши рангирање на експозитурите на Комерцијална банка АД Скопје кои се лоцирани во Скопје. Според бројот на активни шалтери, експозитурите на Банката се класифицирани во три групи и развиен е AHP-модел за нивно рангирање, а резултатите се добиени со користење на софтверската алатка SuperDecisions. Потоа, се презентирани и анализирани добиените резултати: тежините на критериумите

и приоритетите на алтернативите, а на крајот на овоj дел е спроведена сензитивна анализа со користење на софтверската алатка Expert Choice. „Добиените резултати од решавањето на DEA и AHP моделите беа презентирани и интерпретирани во Комерцијална банка АД Скопје и тие кореспондираат со фактичката состојба и со перцепциите на менаџментот. Затоа што информациите што се добиваат со решавање на развиените модели се особено вредни за донесување одлуки за успешно работење на оваа финансиска институција (идентификувани се релативно ефикасните и релативно неефикасните филијали, утврдени се износите и изворите на неефикасност, покажано е како можат релативно неефикасните филијали да ја зголемат ефикасноста, потоа може да се набљудува трендот, извршено е рангирање на експозитурите на Банката и преку спроведување сензитивна анализа утврдено е дека рангот на експозитурите е стабилен), се предлага тие да продолжат да се применуваат во Банката. Сметам дека ваквиот мултидимензионален пристап треба да стане практика во сите организации затоа што преку него тие ќе постигнат подобри резултати во работењето“, изјави авторот на книгата, Цветкоска. nnn



Капитал број 920 16.06.2017

40

www.kapital.mk

КОЛУМНА

Насилството низ законите:

ретроспектива и приоритети за интервенција од страна на новата власт

Автор:

КОНСТАНТИН БИТРАКОВ Магистер на правни науки

Имајќи предвид дека станува збор за две клучни области, законите за високото образование и административните службеници од јавниот сектор, би требало да бидат едни од реформските приоритети на новите носители на власта, односно новото парламентарно мнозинство. Единствено на тој начин лузните создадени од ВМРО ДПМНЕ би зараснале, а Република Македонија би можела да тргне по патот на прогресот.

E

Единаесетгодишното владеење на (или покоректно, предводено од) партијата ВМРО ДПМНЕ несомнено ќе остане запаметено како најагресивното и најнасилничкото во историјата на независна Република Македонија. Без разлика дали би говореле за тепањето студенти од „Архи Бригада“; убиството на Мартин Нешковски; исфрлањето пратеници од Собранието на 24 декември 2012 година; кршењето на Општина Центар за кое е тешко да се верува дека беше спонтано (особено со оглед на непостапувањето на Јавното обвинителство); полицискиот напад на студенти во градската читална Браќа Миладиновци, односно пред седиштето на Студентскиот парламент; нападот на пратеници во Собранието пред месец и половина или некој друг настан, заклучокот останува истиот: методот на претходниот носител на власт беше насилството. Таквото насилство, односно насилничкиот пристап воопшто, имаше далекусежни последици не само по општествените настани и збиднувања туку и по законодавството. Со други зборови, освен што огромен број прописи беа донесени во итна и скратена постапка без да има било какво оправдание за тоа, законите се спорни и во смисла на нивната содржина. Голем дел од нив содржат одредби со кои се регулираат прашања што по својата природа не (би требало да) се предмет на законско уредување така што насилнички се „узурпира“ слободната сфера на граѓанинот и неговото автономно однесување. Од морето такви прописи, би споменал два, кои, иако не се меѓусебно поврзани, уредуваат материја суштествена за секој граѓанин на државата, така што интервенцијата на Парламентот е итна: Законот за високото образование и Законот за административни службеници. Законот за високото образование е еден од најозлогласените закони во нашата земја, чие константно изменување и дополнување (законот е изменет и дополнет вкупно 21 пати, а има и две одлуки на Уставниот суд) доведе до едно од најголемите социјални движења – Студентскиот пленум. Со него, а особено со измените и дополнувањата внесени во 2015 година, целосно се нарушува автономијата на универзитетите како уставно загарантирано право (согласно членот 46 од Уставот). Како најспорни би се навеле одредбите кои предвидуваат дека секој студент на прв и втор циклус е должен да полага државен испит пред Одборот за акредитација и евалуација (кој е државен орган) и оние со кои се утврдува дека напредокот во наставно-научно звање не е возможен без објавување на трудови со „импакт“ фактор. Со нив директно се нарушуваат два сегменти на

поимот автономија на универзитетот дефинирани од Европската универзитетска асоцијација, а тоа се академската и кадровата слобода – универзитетот самостојно ги испитува и оценува своите студенти, односно самостојно одлучува за вработувањето и унапредувањето на неговите наставници. Следствено, парламентарното мнозинство мора што поитно да изврши интервенција во споменатиот Закон и да ги укине противуставните одредби. Потоа ќе биде потребно и донесување на интегрално нов Закон за високото образование, со цел замена на постоечкиот и воведување стабилност во високообразовниот систем на државата. Кога станува збор за Законот за административни службеници, пак, како исклучиво проблематични и контрадикторни би се издвоиле одредбите кои се однесуваат на оценувањето на ефектот на административниот службеник. Преку нив повторно се изразува узурпирачката тенденција на ВМРО ДПМНЕ, која навлезе во законско уредување на прашања за кои тоа воопшто не беше соодветно. Па така, во членот 65, ст. 1 - 3 на овој Закон се утврдува дека административните службеници задолжително се оценуваат еднаш годишно од страна на нивниот непосреден претпоставен, за што добиваат оцени од 1 (најниска) до 5 (највисока). Иако ова решение само по себе не е спорно, проблемот настанува во следната одредба каде се предвидува дека со оцена 5 (највисока) можат да бидат оценети само 5% од вработените во една институција (?!). Се поставува прашањето – што ако повеќе од 5% од вработените во дадената институција ја заслужуваат највисоката оцена? Дали во овој случај тие намерно ќе бидат оценети со пониска оцена, само поради законската рамка? За илустрација, како би изгледал нашиот образовен систем доколку законите за основно и средно образование би содржеле истоветно решение? Што ако само 5% од учениците во едно основно училиште би можеле да имаат оценка 5 по извесен предмет? Евидентно е дека станува збор за една крајно нерационална законска одредба, чие укинување треба да биде приоритет на Собранието на Република Македонија. Дури потоа би можела да се спроведе анализа со цел изнаоѓање на нејзина поадекватна замена. Наведените одредби, односно прописи се далеку од единствените чија измена е нужна во нашиот правен систем. Сепак, земајќи предвид дека станува збор за прописи од две клучни области, високото образование и јавниот сектор, тие би требало да бидат едни од реформските приоритети на новите носители на власта, односно новото парламентарно мнозинство. Единствено на тој начин лузните создадени од ВМРО ДПМНЕ би зараснале, а Република Македонија би можела да тргне по патот на прогресот. 


РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ: 28 ЈУНИ 2017

ЕДНОДНЕВЕН ПРАКТИЧЕН ТРЕНИНГ ЗА:

ПРОЕКТЕН МЕНАЏМЕНТ СО ПРИМЕНА НА MICROSOFT PROJECT  30 јуни 2017 година (петок)  10:00-15:00 часот Институт КОНЦЕПТ, Скопје

Проектен менаџмент е примена на знаење, вештини, алатки и техники со цел проектните активности да ги исполнат проектните барања. Проектниот менаџмент обезбедува дополнително и перманентно подобрување на работните процеси. Организациите се се’ повеќе фокусирани на постепени промени со цел да ги користат предностите на новите технологии и создаваат значително подобрување на ефективноста и ефикасноста на организацијата. Проектниот менаџмент е алатка која тоа го овозможува.

СОДРЖИНА:

На тренингот ќе се користат само примери од водење на проекти. Ова е листата на некои од прашањата кои ќе се решат на тренингот:

           

Што е проект? Што е проектен менаџмент? Динамичен животен циклус Проектни фази и проектни “порти“ Организација на проектниот менаџмент Проектни процеси и техники Дефинирање на проектот Планирање на Вашиот проект Лансирање на проектот Извршување на проектот Затворање на проектот Користење на компјутер и практична работа во Microsoft Project - Што софтверот може да направи?

За повеќе информации посетете ја нашата веб страна: www.koncept.com.mk

КОНТАКТ: м-р Ленче Зикова и м-р Бојана Делидинкова e-mail: institut@koncept.com.mk 02 3128 526 070 272 207

Грижете се за з равјет на Вашата к жа

КОМПЈУТЕРСКА ДЕРМАТОСКОПИЈА НА БЕНКИ

Скопје +389 2 / 321 66 08 www.ancevski.com.mk ancevski@laserlab.com.mk facebook.com / Ординација Д-р Анчевски


ШТО ДОБИВАТЕ СО ОН-ЛАЈН ПРЕТПЛАТА НА КАПИТАЛ: претплата на 1. Со електронското издание на Капитал

заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

за најава од 2.Можност три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

до електронското 3. Пристап издание од било каде во Светот

ШТО ДОБИВАТЕ СО ПРЕТПЛАТА НА ПЕЧАТЕНОТО ИЗДАНИЕ НА КАПИТАЛ:  49 броја на редовното издание на Капитал  45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал  Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа  Платена поштарина  Вклучено ддв  Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози


ЛИДЕР ВО ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО НА КВАЛИТЕТНИ ГРАДЕЖНИ МАТЕРИЈАЛИ КВАЛИТЕТ-ПРОМ е препознатливо име во областа на трговија со градежни материјали. Наша основна карактеристика по која се разликуваме од другите е целосната посветеност кон конкретните потреби и желби на нашите клиенти. Квалитетот е потврден со сертификати од самите производители. КВАЛИТЕТ-ПРОМ со своето долгогодишно искуство во продажбата и набавката на градежни материјали е докажан бренд на македонскиот пазар. За нашиот квалитет и посветеност кон работата доволно говори долгата референтна листа на задоволни клиенти и соработници. За сите наши производи вршиме транспорт до вашиот објект или склад. Испораката е навремена и бесплатна. Ваше е само да порачате, а ние ќе го организираме сето останато. КВАЛИТЕТ-ПРОМ располага со армирачки погон, јавен царински склад со отворен и затворен простор со можност за складирање на различни видови стока како и со царински терминал за увоз-извоз со можност за сместување на 100 товарни возила.

kvalitet-prom.com.mk


Капитал број 920 16.06.2017

44

www.kapital.mk

АНАЛИЗА

КАПИТАЛ ИСТРАЖУВА И АНАЛИЗИРА:

ПРЕД ДА ЗАТВОРАТ ФАБРИ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ВКЛУ

СЕ СЛУЧУВА Л ТРГОВСКА ВОЈ СО МЕСО ОД СРБИЈА СО КОЈ СЕ УРИВААТ МАКЕДОНСКИТ КОМПАНИИ!?


www.kapital.mk

Капитал број 920 16.06.2017

пишува:

Љупчо Зиков

ljupco.zikov@kapital.mk

ИКИТЕ ЗА МЕСО УЧИЈА СИРЕНИТЕ

ЛИ ЈНА

ЈА

ТЕ

J

45

Македонските производители на месо и преработки Билјанови, МИК Свети Николе, МИС Глобус, Пекабеско, Промес, Солета, УКА Комерц, Римес) на 24 март 2016 година укажува проблеми и негативните ефекти во работењето на македонската месна индустрија како резултат на вишокот на прехранбени производи во ЕУ поради ембаргото воведено од страна на Руската Федерација кон Европската унија, како и измената на царинските стапки од 1 јануари 2015 година во Србија. “... Со цел изнаоѓање заемно прифатливо решение како единствена можност домашните производители на месо и преработки од месо и понатаму да останат конкурентни на домашниот пазар, а воедно и да ја задржат можноста да извезуваат на пазарите во земјите на ЦЕФТА, бараат намалување на прелевманот и царината при увоз на месо ... “Сметаме дека доколку домашната месопреработувачка индустрија како главен потрошувач на домашно свинско месо претрпи големи штети кои ќе резултираат со затварање на поголем дел од домашните капацитети, тоа ќе има огромни последици и по домашното производство на свинско месо”, предупредуваат македонските компании за месо и преработки.

“... Јас само би Ве замолил да ми кажете каде да се обратам кога гледам дека цените во Србија се двојно повисоки, а станува збор за исти артикли од истата српска компанија која извезува и продава долу кај нас месо!? Значи нејзините производи дома во Србија се поскапи двојно од нејзините исти производи кои ги продава во Македонија! Како е можно? Што се случува? Како да преживеам? Како да платам давачки кон државата Македонија кога и Вие самите кога ке влезете во македонски маркет ке си купите цајна колбаса од оваа српска компанија поевтина од мојата. И од сите наши македонски производи! Што се случува уште еднаш прашувам? Има ли некој во Македонија да објасни што се случува? Господа ... јас откривам криминал! Само сеуште не знам на која страна се прави ... и нема да застанам. Јас не сакам мојата компанија која мачно сум ја градел многу години, да згасне. Ке продолжам да бидам успешна приказна. Прашувам – дали ке застане зад мене мојата држава Македонија, или уште еднаш по не знам кој пат ке се прогласи за ненадлежна. Барам совет, спас и сојузници на овој пат ...”! Ова точно пред една година го раскажуваше еден претставник од македонските компании за производство и преработка на месо и месни производи. Го кажува и денес. Оти ништо не е сменето. “денес е и полошо”, вели тој. Барајки го одговорот за тоа што всушност се случува на македонскиот пазар за месо и месни производи врзано со преголемото присуство на евтини производи од Србија (и од неколку други држави од поранешна Југославија), тој добива некои одговори од надлежните во Агенцијата за ветерина, Министерството за земјоделство и сточарство, како и од Стопанската комора на Македонија ... Еден од тие одговори оди отприлика вака: “... Оваа појава на пазарот ја пратиме повеќе од една година. Секогаш кога ќе се појавеле цени кои се под прагот на рентабилноста на самото производство сме знаеле дека тоа е некоја акција за спас да се намалат загубите и да се продаде по било која цена. Меѓутоа, факт е дека оваа


www.kapital.mk

Капитал број 920 16.06.2017

46

АНАЛИЗА

Според сознанијата на Капитал од теренот, македонските компании од месната индустрија во неколку наврати енергично реагирале на нелојалната конкуренција од Србија, на македонскиот пазар на меси и преработки од месо, која директно ги урива македонските компании од оваа индустрија. Поткопувањето на позициите на домашната месна индустрија во Македонија од страна на “сиви зони” на одлучување во, сега веке, поранешната Влада, доведе повеке компании производители преработувачи на месо да ги затворат своите погони. Неколку од нив под мистериозни и неразјаснети околности. Во кулоарите може да се слушне дека е во прашање страшен притисок за ослободување на поширок простор на домашниот македонски пазар за некои други учесници од странство (претежно Србија, но и од други екс југословенски републики). Според анализите може лесно да се заклучи дека станува збор за трговци со месо од околни држави кои веројатно врзани во некакви интересни бизнис релации, а во некои случаи и политичко - бизнис релации, со македонски “центри на моќ” сакаат да го запоседнат пазарот. Посебно е ова забележливо од средината на 2014 (по парламентарните избори во Македонија, па се до падот на владата (дефакто по изборите на 11 декември 2016). Познавачите тврдат дека станува збор за милионски бизнис со месо и месни производи кој се генерира исклучиво уривајки ја пазарната конкуренција во Македонија.

појава за која информирате, не беше таква и вие сте сосема во право! Цените на српските производи од српската фабрика и дистрибуција се двојно повисоки дома во Србија отколку во Македонија, но логични и слични со останати српски производители кои продаваат во Македонија!? Дали сите тие продаваат преку иста дистрибутерска компанија во Македонија, се вели во одговорот …”! Доволно за истражување и анализа. Нашиот јунак од почетокот на текстот кој запрепастен се вратил од Србија продолжува да раскажува … “… Првата помисла ни беше дека Србија ги субвенционира своите производители кои извезуваат! Што е супер за нив, а не е добро за нас. А видете сега … кога се вратив во Македонија затекнав состојба во мојата фирма каде мојот директор се бори да добие некое олеснување од македонската Влада за увоз на репро да влезе во квота која државата ни ја одредила! И успеавме па и се развеселивме. Толку ни треба (2000 евра). Јадно нели … Затоа е сосема легитмно што бараме осло-бодување од 0,43 центи-килограм прелевман. Но, нешто не ми дава мир: Цените од дистрибутерската компанија Неопланта не се стигаат и без прелевмани, да не речам и без месо (се смее …). Направив слики споредбени од Србија

и Македонија и ги пуштив во нашата Стопанска комора. Тогаш се ангажирав сериозно и почнав да чепкам по царинските служби! Дојдов до шокантен податок!? Неопланта (!?), преку Нелт МК (!?) внела 750 тони сувомеснати производи во целата 2016 година во Македонија. Од кои гледано по тарифниот број и цените за сушени производи (чајна, 365 тони) се влезени по просечна цена од 1,77 евра = 109 денари! Катастрофа… како е можно?” Еве од каде се двојно поевтини во Македонија, сведочи нашиот соговрник, кој поради природата на темава сака да остане анонимен.

Комуникација со македонската Влада

Според сознанијата на Капитал од теренот, македонските компании од месната индустрија во неколку наврати енергично реагирале на ваквата појава на пазарот која директно ги урива македонските компании од оваа индустрија. Поткопувањето на позициите на домашната месна индустрија во Македонија од страна на “сиви зони” на одлучување во, сега веке, поранешната Влада, доведе повеке компании производители преработувачи на месо да ги затворат своите погони. Неколку од нив под мистериозни и неразјаснети околности. Во кулоарите може да се слушне дека е во прашање страшен притисок за ослободување на поширок простор на домашниот македонски пазар за некои други учесници. Според анализите може лесно да се заклучи дека станува збор за трговци со месо од околни држави кои веројатно врзани во некакви интересни бизнис релации, а во некои случаи и политичко бизнис релации, со македонски “центри на моќ” сакаат да го запоседнат пазарот. Посебно е ова забележливо од

средината на 2014 (по парламентарните избори во Македонија, па се до падот на владата (дефакто по изборите на 11 декември 2016). Познавачите тврдат дека станува збор за милионски бизнис со месо и месни производи кој се генерира исклучиво уривајки ја пазарната конкуренција во Македонија. Македонските компании за месо подолго време, во последните три години, реагираат на ваквата состојба и на уривањето на конкуренцијата на пазарот. Досега без никаков успех ... Имајки ја во предвид ваквата состојба македонската месна индустрија здружена во Групација за производство на месо и преработки од месо во рамји на Здруженито на земјоделство и прехрамбена индустрија во Стопанската комора на Македонија, во неколку наврати до надлежните упатила - “Барање за донесување одлука за намалување на увозните давачки, односно укинување на прелевманите и царината при увоз на замрзнато свинско месо”. Но, ништо специјално не се случи. Македонската влада во годините наназад продолжи да фаворизира трговци од Србија и други екс југословенски републики на пазарот во Македонија, каде македонските фабрики затвораа една по една ... Еве едно од тие Барања кое му било упатено на вицепремиерот Владо Пешевски, а писмо било упатено и до поранешниот премиер Никола Груевски. Здружението на земјоделството и прехранбената индустрија на состанок одржан (потпишани – Билјанови, МИК Свети Николе, МИС Глобус, Пекабеско, Промес, Солета, УКА Комерц, Римес) на 24 март 2016 година укажува проблеми и негативните ефекти во работењето на македонската месна


www.kapital.mk

Капитал број 920 16.06.2017

47

Д

омашните македонски компании се нерамноправни со странските производители од причина што готовиот производ од увоз доаѓа без никакви давачки и слободно се продава на домашниот пазар, а македонскиот производ е направен од истата суровина која кај нас е оптоварена со 0,43 евра/кгр прелевман, односно висок процент на царина. Од тие причини, домашните преработувачи се во нерамноправна позиција, се фаворизираат странските компании и истите сеж повеке се присутни на домашниот пазар. На пазарите во Црна Гора и Босна и Херцеговина за ист толкав износ македонските компании се поскапи во однос на нивните, од причина што во БиХ има квота без царина и прелевман, додека во Црна Гора нема воопшто прелевман. Како резултат на ваквите состојби на домашниот пазар веќе неколку големи компании беа принудени да ги затворат своите производствени погони и доколку изостане брза интервенција од страна на македонската Влада, овој тренд ќе продолжи до целосно пропаѓање на месната индустрија. Македонската месна индустрија енергично ја повикува владата и Агенцијата за храна и ветеринарство или Царинската управа на РМ да ја проверат информацијата која домашните компании ја имаат веќе одреден период дека во Србија на некои производители им се дадени дозволи за увоз заради извоз и истите не плаќаат ниту прелевман ниту царина, а готовите производи веќе се присутни на македонскиот пазар. Македонските преработувачи на месо и преработки од месо укажуваат дека со укинување на прелевманот и царината (како времена мерка) ќе се зголеми извозот на македонски производи, а државата по основ на придонеси, персонален данок за нововработени и данок на добивка ќе добие повеќе пари во буџетот, со што ќе може да ги поддржи производителите на свежо свинско месо. индустрија како резултат на вишокот на прехранбени производи во ЕУ поради ембаргото воведено од страна на Руската Федерација кон Европската унија, како и измената на царинските стапки од 1 јануари 2015 година во Србија. “... Со цел изнаоѓање заемно прифатливо решение како единствена можност домашните производители на месо и преработки од месо и понатаму да останат конкурентни на домашниот пазар, а воедно и да ја задржат можноста да извезуваат на пазарите во земјите на ЦЕФТА, бараат намалување на прелевманот и царината при увоз на месо ... Групацијата за производство на свинско месо и Групацијата за производство на месо и преработки од месо при Стопанската комора на Македонија пред повеке месеци доставила предлози до поранешната Влада. Во писмото пишуваат: Месната индустрија во Македонија до неодамна задоволуваше приближно 90% од потребите за месо и месни преработки на домашниот пазар додека останатите 10% се набавуваа од увоз. Како резултат на нелојалната конкуренција од една страна, и дизбалансот на домашниот пазар настанат како резултат на воведеното ембарго од страна на Руската федерација кон ЕУ и делумно прелевање на вишоците, како на македонскиот така и на пазарите во соседството, домашните компании денес покриваат приближно 65% од потребите на домашниот пазар. Од една страна домашниот пазар полека но сигурно се губи а од друга, се намалува и извозот на македонски преработки како резултат на намалената конкурентност на компаниите. Затоа бараме намалување на прелевманот и царината при увоз на месо ...”

Македонските производители на месо и преработки од месо и предупредуваат дека, доколку не се донесе предложената мерка (намалување на прелевманот и царината при увоз на свинско месо), моменталниот процент на покриеност на домашниот пазар со македонски преработки би се намалил, а истовремено би се намалил извозот и би се изгубиле трајно пазарите каде домашните компании се застапени. “Сметаме дека доколку домашната месопреработувачка индустрија како главен потрошувач на домашно свинско месо претрпи големи штети кои ќе резултираат со затварање на поголем дел од домашните капацитети, тоа ќе има огромни последици и по домашното производство на свинско месо”, предупредуваат македонските компании за месо и преработки. Според сознанијата на Капитал деновиве македонската месна индустрија ги актуелизирала овие барања пред претставниците на новата македонска Влада. Се надеваат на позитивно речение на овие проблеми со оглед дека и програмските определби на новата влада предводена од Зоран Заев има за цел засилување и пред се спасување на македонските индустриски капацитети кои во голем дел опфаќаат средни компании. Оттука, групацијата за производство на месо и преработки од месо подолго време предлага донесување наменски мерки согласно насоките дадени од страна на Министерството за економија на последниот состанок. На пример, пред извесно време било предложено: Воведување дополнителен контингент за увоз на замрзнато свинско месо за преработка само за регистрирани преработувачки капацитети кои треба да бидат и увозници и корисници, во висина

од 1250 тони по квартал. Контингентите би се распределиле согласно правилото “прв дојден-прв услужен”. Воедно, секој што ќе направи поединечен увоз ќе мора како доказ да приложи каде истото завршило, односно да постои целосна следливост на увезеното замрзнато свинско месо за преработка. Како дополнителна гаранција преработувачите предлагаат давање изјава со која се гарантира дека нема да има злоупотреба на увезените количини и истите ќе се користат исклучиво за преработка. Истовремено, домашните преработувачи предлагаат воведување високи казнени одредби за субјектите кои нема да се придржуваат на мерката, и тоа, во висина од двојна влезна давачка која би се платила согласно досегашната пракса. Заеднички став и на фармерите и на преработувачите е ова наменски увезено месо да не може да се продава за директна консумација во маркетите, рестораните и угостителските објекти, односно во малопродажбата. Истовремено се предлага свежото свинско месо кое влегува од увоз во РМ да подлежи на додатни здравствени контроли проследени со додатна лабараториска анализа. Производителите на месо и преработки од месо предлагаат итен прекин на кампањата за здрава храна и тоа делот кој се однесува на црвеното месо и месни преработки. Штетата од истата е многу поголема од недокажаниот здравствен бенефит. Наместо ова, преработувачите предлагаат да се повтори кампањата за купување на македонски производи и македонското сонце.


www.kapital.mk

Капитал број 920 16.06.2017

48

АНАЛИЗА

Мала длабинска анализа на македонскиот пазар на месо и преработки ...

Според податоците на Агенцијата за храна и ветеринарство, во Македонија се регистрирани 50 капацитети за месо и преработки. Од нив 12 веќе не работат. Некои од нив и од не до крај разјаснети околности. Од 38-те капацитети кои сеж уште работат, 15 капацитети се регистрирани за производство на полутрајни и трајни производи со капацитет од 45.000 тони годишно во една смена. Од инсталираните капацитети за производство, 94% се во сопственост на наведените трговски друштва - членки на Групацијата за производство на месо и преработки од месо при Стопанската комора на Македонија, подносители на предметново Барање. Со преработка на 11.500 тони месо минатата година, можниот капацитет за производство на полутрајни и трајни преработки од месо од 45.000 тони, кај наведените членки на Групацијата, се користи само 28%, што е поразителен податок. Од вкупно преработената количина на месо само 1.700 тони, или само 15% е од домашно потекло, односно месо од домицилните производители. Останатото е од увоз. Ова укажува на заклушокот дека домашно месо за преработка во нашата земја нема. Оттука некако боли анализата дека од увозот на преработки на месо во одделни години достигнувашедо и до 9.000 тони, што покриваше над 60% од домашната потрошувачка, денес со квалитетот и упорноста на младата индустрија за преработка на месо постепено го освојуваше домашниот пазар, а позитивни се и движењата во извозот .... И сето ова некако се урива преку ноќ ... За чии интереси? На пример, во Србија и во Црна Гора, покрај производните субвенции имаат и извозни стимулации. Оттука, производителите на месо апелираат на систем за заштита од нелојалната конкуренција. Тие бараат еднаков третман со странските компании, субвенции во производството. Еднакви услови на производство во делот на суровината со увозниците, односно изземање на увозните давачки при увоз на суровината. Спас гледаат во новата енергија што извира од програмата на новата влада каде цели сектори ке се занимаваат со проблемите на домашните компании. nnn

МАКЕДОНСКАТА ИНДУСТРИЈА ЗА МЕСО РАСТЕ! КОЈ САКА ДА ЈА УРНЕ?

В

о Македонија постојат околу триесеттина современи производствени капацитети за преработка на месо и производство на сувомесни производи, чии капацитети во потполност можат да ја задоволат побарувачката на домашниот пазар. Денес домашната месна индустрија се карактеризира со големи вложувања, нови објекти, машини, технологии за преработка. Таа работи профитабилно, за разлика од други гранки кои генерираат загуби, вработува и обучува луѓе и има свој тим технолози, така што освен консултативна помош, не се ангажираат странски технолози. Според тоа, може да се заклучи дека во земјава егзистира месна индустрија која во ништо не заостанува зад месните индустрии од соседните држави, а во одредени сегменти дури и ги надминува. Еден од основните проблеми со кои се соочува месната индустрија во Македонија е недостатокот на суровини за преработка. Производството на свинско месо е недоволно за да ги задоволи потребите на пазарот за свежо месо, поради што домашните производители се принудени да увезуваат свежо месо како суровина при што се изложени на високи царински давачки. Оттука, се бара поголемо чувство на државата за овие проблеми на домашните македонски компании. Сите видови на свежо или замрзнато месо за преработка од увоз се оптоварени со царини иако земјава е дефицитарна по таа основа. Од друга страна, постои бесцарински увоз на готов производ од страна на земји со кои се склучени билатерални договори како што се Србија и Црна Гора, Хрватска и БиХ, од кои во земјава влегува 1.900 тони готов производ секоја година без царина. Со тоа, домашните производители се ставени во нерамноправна положба, па наместо македонските производители да станат извозници, се борат за задржување на домашниот пазар.


www.kapital.mk

Капитал број 918 02.06.2017

49

БИЗНИС И ПОЛИТИКА ПРОФ. Д-Р ТОНИ ДЕСКОСКИ ЈА ИЗДАДЕ КНИГАТА „МЕЃУНАРОДНО АРБИТРАЖНО ПРАВО“

ПРВ УЧЕБНИК ПО МЕЃУНАРОДНО АРБИТРАЖНО ПРАВО

K

Книгата “Меѓународно арбитражно право“ претставува прво авторско дело во Република Македонија која на сеопфатен и систематизиран начин ја обработува меѓународната трговска арбитража. Истата е резултат на долгогодишниот научниот интерес на авторот, д-р Тони Дескоски, редовен професор по меѓународно приватно право и меѓународно арбитражно право на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. Ова е на некој начин исполнување на неговата идеја која тој ја има веќе подолго време, а тоа е да се востанови меѓународното арбитражно право како нова и посебна научна дисциплина. “Книгата е наменета за студентите на последипломски студии и за пошироката стручна јавност. Студентите добиваат можност да се запознаат со сложената проблематика на меѓународната трговска арбитража, учејќи за најновите предизвици на оваа научна дисциплина. Но, ова четиво е од огрома важност за пошироката стручна јавност, пред се за правниците, адвокатите и сите чинители на деловната заедница кои секојдневно се соочуваат со меѓународни трговски трансакции”, вели за Капитал, професорот Дескоски. Во книгата на сублимиран начин даден е целосен преглед на најзначајните прашања од областа на меѓународното арбитражно право – составувањето на арбитражната спогодба како основа за воспоставување на надлежност на меѓународна трговска арбитража, поведувањето и текот на арбитражната постапка, именувањето и составот на арбитражниот трибунал како и признавањето и извршувањето на арбитражните одлуки. Деловната јавност преку книгата добива увид во правилата на најпознатите светски арбитражни институции, како што се Меѓународната трговска комора во Париз (ICC), Лондонскиот суд за меѓународна арбитража (LCIA), Виенскиот центар за меѓународна арбитража (VIAC), но и на Постојаниот избран суд Арбитража при Стопанската комора на Република Македонија. Четивото е особено актуелно имајќи ја во предвид богатата странска релевантна литертатура која е консултирана при изработката на книгата, како и големиот број на арбитражни одлуки кои се анализирани во текстот.

Во современата деловна практика и култура на глобално ниво, арбитражата не само што подразбира ефикасност во решавањето на споровите кои се постоен деловен ризик, туку е и condition sine qua non за правноделовното работење. На тој начин, стручната јавност добива конкретен увид во теоријата, но и практиката, со што се овозможува при давањето на правните совети и изработката на поднесоците, да се има пред себе книга која претставува професионален водич низ светот на меѓународната трговска арбитража. Значајно е да се напомене дека во книгата се дадените прилози кои го содржат текстот на Законот за меѓународна трговска арбитража, Модел-законот за меѓународната трговска арбитража на UNCITRAL од 1985 година со амандманите од 2006 година, како и Њујоршката конвенција за признавањето и извршувањето на странските арбитражни одлуки од 1958 година на англиски и македонски јазик. Книгата, во која има цитирано извонреден опус на литература, има и историскокомпаративен пристап, при што се обработени националните законодавства за меѓународната трговска арбитража на повеќе држави, пред сè, на оние со најразвиена арбитражна практика. На многу места се користени најрепрезентативните случаи од меѓународната арбитражна и судска практика, со што книгата особено им се доближува на правните практичари. Во книгата се елаборираат историскиот развиток и поимот на меѓународната трговска арбитража, правната природа на меѓународната трговска арбитража, изворите на меѓународното арбитражно право, видовите арбитражи, спогодбата за меѓународна трговска арбитража, именувањето и статусот на арбитрите, постапката пред меѓународната трговска арбитража, меродавното за суштината на спорот пред меѓународната трговска арбитража, поништувањето на арбитражната одлука и признавањето и извршувањето на странските арбитражни одлуки.

Проф. д-р Тони Дескоски е редовен професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ. Предава на предметите Меѓународно приватно право и Меѓ ународно арбитражно право. Претседател е на Спортскиот арбитражен суд при Македонскиот олимписки комитет. Член е на претседателството на Постојаниот избран суд – арбитража при Стопанската комора на Македонија. Се наоѓа на листата на арбитри на Постојаниот арбитражен суд во Хаг. Професорот Тони Дескоски бил и член на работната група која го изготви Законот за меѓународна трговска арбитража на Република Македонија од 2006 година. Во современата деловна практика и култура на глобално ниво, вели професорот Дескоски, арбитражата не само што подразбира ефикасност во решавањето на споровите кои се постоен деловен ризик, туку е и condition sine qua non за правноделовното работење. Современите деловни субјекти, според него, на арбитражата гледаат како на правна сигурност и поради тоа што сериозноста на исполнувањето на обврските од конкретен деловен однос најдобро може да се согледа од постоењето на арбитражните клаузули. Книгата „Меѓународно арбитражно право“, покрај нејзиното практично значење, ќе има и исклучителен придонес за студентите учесници на натпреварот за меѓународна трговска арбитража „Вилем К. Вис“, кој традиционално веќе 23 години се одржува во Виена и е собир на 300 најдобри универзитети во светот од областа на меѓународното арбитражно право. На овој натпревар, веќе неколку години по ред тимот на Правниот факултет „Јустинијан Први“ постигнува големи успеси на најголемиот натпревар по меѓународно арбитражно право во светот, под менторство на професорот Дескоски. nnn


www.kapital.mk

Капитал број 920 16.06.2017

50

ЛИДЕРИ

ЕНДИ ГРУВ

ПОРАНЕШЕН ДИРЕКТОР НА INTEL

КРИЗИТЕ ГИ УНИШТУВААТ ЛОШИТЕ КОМПАНИИ, ДОБРИТЕ ГИ ПРАВАТ ПОДОБРИ

E

Енди Грув е еден од најголемите технолошки легенди во светот. Тој успеал да побегне од нацистичката и советската репресија за да расте во технолошкиот

Технологијата едноставно се случува. Таа не е ниту, добра, ниту лоша. Едноставно се случува.

Лошите компании се уништуваат од кризи. Добрите компании г и преживува ат. Добрите компании излегуваат поробрени од кризите.

Вашата кариера е ваша работа и тука вие сте главен извршен директор.

Успехот ја потхранува некритичната исполнетост со самите себеси. Тоа раѓа неуспех. Само параноидните можат да преживеат.

Не сите проблеми имаат технолошко решение, но онаму каде што има, тоа е подолготрајно решение.

Обидете се да не се депримирате ако имате некоја професионална одговорност. Ако сте депресирани не можете да ги мотивирате врботените да работат најдобро што можат. Затоа морате да го одржувате вашиот дух дури и тогаш кога знаете дека не знаете што правите.

свет, каде стигнал до претседател и главен извршен директор на светски познатата компанија Intel.Во прилог се неколку негови испиративни изјави.

Како што не би му дозволиле на колега да украде парче од опремата во канцеларија вредна над 2.000 долари, така не би смееле да му дозволите на никому да украде дел од времето на колегите.

Многу е важно да направите две работи: д делувате според вашето моментално убедување, а кога ќе сфатите дека сте погрешиле, да го корегирате курсот многу брзо.

Има толку многу луѓе кои работат толку многу, а постигнуваат толку малку.

Интернетот не менува се. Не ги менува понудата и побарувачката.

Лидерите денес мораат да делуваат многу побрзо. Притисокот доаѓа многу побрзо.

Ако треба да избирам помеѓу турбулентен свет и мирен свет, ќе изберам, турбулентен свет.



3.499 ден.

со Vip Mobile XL

Со Vip Бизнис изберете одличен

смарт-телефон по супер цена Изберете го најдоброто за Вас и Вашиот Бизнис. Изберете ја Vip Mobile XL тарифата и за месечна претплата од 1.169 ден. добијте: - неограничени разговори и SMS-пораки кон сите национални мрежи и 50 минути за разговори кон меѓународни мрежи; - 6GB интернет со 4G брзина; - одличен смарт-телефон со вклучен специјален попуст; - дополнителен попуст за телефон од 3.000 денари за секоја постпејд линија, доколку бројот го префрлите од друг оператор во Vip. Понудата важи ограничен временски период за нов или обновен договор склучен на 24 месеци. Количините на телефони се ограничени. За повеќе информации посетете ја нашата веб-страница www.vip.mk или јавете се во Контакт центар на 077 1234.

Pove]e za vas


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.