923 924 kapital magazin

Page 1

“АКО УСПЕАВМЕ ТУКА, ЌЕ УСПЕЕМЕ И НА МЕСЕЧИНАТА”

ИНДУСТРИЈАТА СО КАНАБИС

НА ПРАГОТ СМЕ НА ГОЛЕМА КОНОПНА РЕВОЛУЦИЈА

Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

INTERVIEW

ИЗРАЕЛСКОТО ЗЕМЈОДЕЛСКО ЧУДО:

САШО ЈАНАКИЕВСКИ директор на Унгарската стопанска комора во Македонија

WWW.KAPITAL.MK

COVER STORY

ВЛАДАТА ГО МЕНУВА МОДЕЛОТ НА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ

СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ ЌЕ МОРА ДА ПРАВАТ БИЗНИС СО ДОМАШНИ КОМПАНИИ!

МАКЕДОНСКИТЕ ПРОИЗВОДИТЕЛИ СО КОНКРЕТНИ БАРАЊА ДО ВЛАДАТА

ПОТРЕБНИ СЕ МЕРКИ ЗА СПАС НА ИНДУСТРИЈАТА ЗА МЕСНИ ПРЕРАБОТКИ! ПРВО, УКИНУВАЊЕ НА ЦАРИНИТЕ ЗА ГЛАВНАТА СУРОВИНА: СМРЗНАТОТО СВИНСКО МЕСО БРОЈ 923/924 | ЦЕНА 100 ДЕН. 7/14 ЈУНИ 2017 | ПЕТОК | ГОДИНА 18

ДО 2060: РОБОТИТЕ ЌЕ БИДАТ СУПЕРИОРНИ НАД ЛУЃЕТО



3

Капитал број 923/924 07.07.2017

СОДРЖИНА

14

28

04

ВО ФОКУС

20

ДОСИЕ

06

НАВИГАТОР

28

INTERVIEW

08

COVER STORY

14

Претседателот на САД најави „златна ера“ за американскиот енергетски бизнис Грчките банки ги продаваат своите филијали на Балканот Нов владин предлог за поврзување на странските и домашните инвеститори Државна помош за странските инвеститори зависно од соработката со домашните фирми

ЛУЃЕ И КОМПАНИИ

Потребни се мерки за спас на индустријата за месни преработки: прво, укинување на царините за суровини!

Израелското земјоделско чудо: Ако успеавме овде, ќе успееме и на Месечината! САШО ЈАНАКИЕВСКИ

директор на Унгарската стопанска комора во Македонија

Македонија и Унгарија имаат големи можности за бизнис соработка

32

СВЕТ БИЗНИС

38

ЕКСКЛУЗИВНО

На прагот сме на големата конопна револуција ЈОРГОС ЈОРГАКОПУЛОС

уредник на Екатимерини (англиско издание)

Новата Влада на Заев ја стопли климата помеѓу Атина и Скопје

ГРЦИТЕ СИ ОДАТ ОД БАЛКАНОТ

ИЗРАЕЛСКОТО ЗЕМЈОДЕЛСКО ЧУДО

Грчките банки ги продаваат своите филијали на Балканот. Покрај продажбата на Banca Romaneasca во Романија, првиот човек на NBG, Леонидас Фрагиадакис, изјави дека грчката втора по големина банка NBG планира да продаде и некои свои банки кои работат во Србија, Албанија и Кипар, како дел од договорените обврски со регулаторите. Како и останатите големи банки во Грција, и NBG се ослободува од непотребните активи и странските подружници со цел да се фокусира на главната дејност на матичниот пазар.

За Израелците земјоделството е многу повеќе од само земјоделство. Тоа е борба за опстанок, начин на размислување, предизвикување на природата, начин за наметнување во глобалниот свет. Соочени со недостиг на вода и плодна земја, Израелците имаат развиено уникатни начини на одгледување на земјоделски култури со минимум потрошувачка на вода и земја. За Израелците опцијата не може, едноставно не е опција за која размислуваат. Со нивната упорност тие успеаа да ја победат и природата.

 Стр. 6

 Стр. 20

40 40

СВЕТ БИЗНИС

44

ТЕХНОЛОГИЈА

48 50

ЛИДЕРИ

Дали големите се преголеми да иновираат? Рекордната казна на ЕК за Google против итрината на дигиталните гиганти До 2060 година луѓето ќе бидат инфериорни во однос на роботите Успешните советуваат за успех

ЛИДЕРИ

ЧАРЛС КОК

американски индустријалец и милијардер

Ако никогаш не сте доживеале неуспех, веројатно и не сте правеле ништо посебно

ГОЛЕМАТА КОНОПНА РЕВОЛУЦИЈА Бизнисот со индустриски коноп е еден од оние што најбрзо се развиваат во светот. Проценките се дека само во САД легалната индустрија за канабис ќе вреди 50 милијарди долари годишно веќе следната декада. Оттука, разбирлив е интересот на многу држави во светот што подобро и понавремено да се позиционираат во трката за овој силно перспективен пазар. За новото „злато“ жедни се некои од најсилните индустрии, како индустријата за производство на автомобилски делови, лекарства и еколошки соодветни градежни материјали.  Стр. 32

Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје  Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31  П. ФАХ 503, 1000 Скопје  Директор и одговорен уредник: Љупчо Зиков  Печати: Европа 92, Кочани  Тираж: 3.000 примероци  Датум на печатење: 05.07.2017


www.kapital.mk

Капитал број 908 24.03.2017

ВО ФОКУС 4

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА САД НАЈАВИ „ЗЛАТНА ЕРА“ ЗА АМЕРИК

ТРАМП ЌЕ ГО СМАЛУВ ЕНЕРГЕТСКИ „АТАР“ С ГАС ЗА ЦЕНТРАЛНА И

П

Претседателот на САД, Доналд Трамп, ќе го искористи растот на производството на природен гас во државата, како политички инструмент за придобивање сојузници во регионот што енергетски со десетлетија е под руска доминација. Конкретна акција во контекстот се очекува во Варшава, на средба на врвот на државите од иницијативата „Три мориња“, што се неколку држави од кои дел се распоредени на Балтичкото, на Црното и на Јадранското море, пишува Reuters. Според агенцијата, Трамп во четвртокот (6 јули – текстот е затворен претходно) требаше да им каже на домаќините дека САД сакаат да им помогнат да ја намалат својата зависност од руски гас, со тоа што максимално ќе го олесни извозот на американски течен гас (LNG) за централна и за источна Европа. Една од целите на проектот „Три мориња“ е да се рашири регионалната енергетска инфраструктура, вклучително

морските терминали за увоз на LNG и гасоводите за негов пренос.

Формално не е против Русија

Поранешниот командант на обединетите сили на НАТО во Европа, Џејмс Џонс, вели дека зголемен увоз на американски природен гас во регионот ќе го ослаби руското влијание, односно ефектот од користењето на енергијата како геополитичко оружје од страна на Москва. „Мислам дека САД можат да се претстават како добронамерни, преку извоз на енергија и преку помагањето недоволно снабдените држави да станат понезависни, и да се намали веројатноста да бидат застрашувани“, вели Џонс. Во мај тој, пред американската невладина организација Atlantic Council, рече дека инцијативата „Три мориња“ е „вистински проект за безбедноста во 21 век“. Агитирајќи за американската поддршка на атлантските партнери на Вашингтон, Џонс рече: „Начинот на кој централна и источна Европа гледаат на светот, и заканите со кои се соочуваат, многу

повеќе се совпаѓаат со американското сфаќање на светот, отколку со тоа на нашите традиционални западноевропски сојузници“. Средбата во Варшава му претходи на Г-20 самитот денеска и утре (7-8 јули) во Хамбург, каде првпат ќе има средба лице в лице меѓу Трамп и рускиот претседател Владимир Путин. Конгресмени од Републиканската партија на САД кои бараат поцврста поставеност кон Москва поради нејзиното мешање во американските избори, и поради случувањата во Сирија и во Украина, поддржуваат извозот на гас да се употреби како политички инструмент. „Во значајна мера извозот на LNG од САД е политиката што носи најмногу закани за Русија“, вели, пак, директорот на варшавската канцеларија на German Marshall Fund, Михал Барановски.

САД како трет по големина извозник на LNG

Во 2020 година – само 4 години откако ќе проработи првиот извозен LNG терминал – се очекува САД да станат трет по големина во светот, извозник

GMF: ИЗВОЗОТ НА LNG ОД САД Е ПОЛИТИКАТА Ш


www.kapital.mk

Капитал број 923/924 07.07.2017

5

КАНСКИОТ ЕНЕРГЕТСКИ БИЗНИС

ВА РУСКИОТ СО АМЕРИКАНСКИ ИСТОЧНА ЕВРОПА

Американскиот претседател ќе предложи 12 држави од источна и од централна Европа да увезуваат американски течен гас. Ова во регионот би го ослабело руското влијание, односно ефектот од користењето на енергијата како геополитичко оружје од страна на Москва. Но, предлогот на Трамп е конкуренција за „Северен тек 2“, што е поддржан од Германија

на течен гас. Повеќето американски извозници продаваат со долгорочни договори, но има проекти и за нов извоз. Cheniere Energy Inc, која во 2016 година го отвори првиот LNG терминал за извоз, во јуни ја испорача првата пратка за Полска. Уште 5 терминали треба да проработат до 2020 година. Tellurian Inc предложи проект вреден до 16 милијарди долари, што се надеваат дека ќе се заврши до 2022 година – навреме за да се влезе во конкуренција за долгорочна достава за Полска. Во тоа време истекуваат полските договори со руски „Газпром“. Но, глобалниот вишок на гас може да го ограничи извозот на американски LNG независно од поддршката на Трамп. Адам Шиемински од Центарот за стратешки и меѓународни истражувања

во Вашингтон вели дека ќе има негативен ценовен притисок, што ќе ја направи тешка заработката на извозниците на течен гас. Во исто време Русија територијално е блиску до Европа и има веќе изградена мрежа за пренос на гасот.

Германија и нафтените компании не се задоволни Европејците сакаат да видат појасна позиција на администрацијата на Трамп за „Северен тек 2“ – проектот поддржан од Германија што сеуште чека оценка од Европската комисија. Во јуни Сенатот со големо мнозинство одобри санкции против Русија, вклучувајќи и забрана за работа со западни компании што учествуваат во овој гасовод од рускиот до германскиот брег на Балтичкото море. Одлуката во моментов е во

Претставничкиот дом, а Белата куќа се обидува да го поништи, најмногу поради делот во кој се забранува на претседателот да понишува санкции против Русија и Иран без одобрување од Парламентот. Според The Wall Street Journal, лобисти на енергетските гиганти ExxonMobil и Chevron работат во Конгресот за запирање на одлуката на Сенатот. Според нив, таа им дава предност на нивните конкуренти, вклучително зашто може да бидат принудени да откриваат информации поврзани со трговска тајна. Освен ова, корпорациите сакале да ги одржуваат можностите за бизнис со Русите, независно од тоа што меѓудржавните и политичките односи меѓу САД и Русија може да се влошат уште повеќе. nnn

ШТО НОСИ НАЈМНОГУ ЗАКАНИ ЗА РУСИЈА


www.kapital.mk

Капитал број 923/924 07.07.2017

6

НАВИГАТОР ИЗЈАВА НА НЕДЕЛАТА

> БРОЈКА

22,5% e зголемен извозот на пијалоци и тутун во првите месеци годинава

ИЗВОЗОТ ВО ПРВИТЕ ПЕТ МЕСЕ

ЏЕС БЕЛЈИ

амбасадор на САД во Македонија

Ова е време за градење единство меѓу партиите и заедниците за да се постигне заедничка цел – безбедна, просперитетна и демократска Македонија која се движи кон НАТО и ЕУ

И

звозот на Македонија во првите пет месеци достигна 1,96 милијарди евра, што е раст од 15,1% во споредба со истиот период минатата година. Вредноста на увозот во првите пет месеци годинава, пак, изнесувал 2,7 милијарди евра, што е за 12,1% повеќе во споредба со истиот период лани. Трговскиот дефицит, во истиот период достигна 746.253 илјади евра, а покриеноста на увозот со извозот изнесува 72,5%. Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите

ГРЧКИТЕ БАНКИ ГИ ПРОД СВОИТЕ ФИЛИЈАЛИ НА Б Покрај продажбата на Banca Romaneasca во Романија, првиот човек на NBG, Леонидас Фрагиадакис, изјави дека NBG планира да продаде и некои свои банки кои работат во Србија, Албанија и Кипар, како дел од договорените обврски со регулаторите.

В

Втората по големина банка во Грција National bank of Greece (NBG) ќе ги продава своите филијали на Балканот, како дел од планот за преструктуирање договорен со европските власти, вели Леонидас Фрагиадакис, главниот извршен директор на NBG во интервју за Ројтерс. Како и останатите големи банки во Грција, и NBG се ослободува од непотребните активи и странските подружници со цел да се фокусира на главната дејност на матичниот пазар, со цел да ги подобри показателите за капитализираност и ликвидност.

 “Многу сме блиску да го објавиме купувачот на Banca Romaneasca”, изјави Фрагиадакис. “Продажбата ќе биде завршена во следните неколку месеци и ќе ја подобри ликвидноста на Банката”. Покрај продажбата на Banca Romaneasca во Романија, првиот човек на NBG изјави дека NBG планира да продаде и некои свои банки кои работат во Србија, Албанија и Кипар, како дел од договорените обврски со регулаторите. Засега нема никакви официјални информации дали NBG планира да ја продаде и Стопанска банка Скопје, банката која ја поседува во Македонија. “Повеќе од 90% од нашето

реструктуирање е веќе завршени. Овие операции сочинуваат многу мал дел од обврските договорени во планот, и процесите околу продажбите се веќе во тек”, вели Фрагиадакис. Фрагиадакис е на чело на NBG во многу тежок период за банката, во кој беа продадени турската подружница Finansbank, бугарската UBB, која беше купена од белгиската банка KBC, ресорот Astir Palace, јужноафриканските операции, а неодамна и делот за осигурување. Овие продажби и обезбедија капитал на NBG пред претстојниот пан-европскиот стрест тест кој го спроведува Европската централна банка следната година, кој според


www.kapital.mk

ЕЦИ ПОГОЛЕМ ЗА 15,1%

Капитал број 923/924 07.07.2017

мисла на неделата

на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, фероникелот и облеката. Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали, другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав и електричната енергија. Во првите пет месеци годинава Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија, и Бугарија.

Конкуренцијата се преценува. Во пракса таа е прилично деструктивна и треба да се избегнува кога е можно. Наместо да се борите да трошки на некој пазар, подобро е да создадете нов пазар

Питер Тиел

претприемач и иноватор

> БРОЈКА

9,2%

е зголемено индустриското производство во мај годинава

лидери

ОДАВААТ БАЛКАНОТ

АНА БРНАБИЌ

премиерот на Србија зазема јасен курс: Србија ја избира ЕУ, не Русија

NBG во Грција Стопанска банка Скопје Засега нема никакви официјални информации дали NBG планира да ја продаде и Стопанска банка Скопје, банката која ја поседува во Македонија.

Фрагиадакис нема да претставува проблем за групацијата. NBG, која е во 40% сопственост на државниот фонд за спасување HFSF, по три рунди на рекапитализација, планира да се фокусира на домашниот пазар со цел да и помогне на економијата побрзо да закрепне од рецесијата во која се наоѓа. “Банките не се креатори на растот, туку бизнисите. Ние сме забрзувачи на растот. Банките имаа ликвидност и финансиски инструменти да обезбедат поддршка на приватниот сектор”, смета Фрагиадакис, кој очекува дека кредитниот раст ќе продолжи откако економијата ќе се стабилизира. Минатиот месец белгиската банка KBC ги купи банката ОББ и Интерлииз од NBG за вкупна сума од 610 милиони

7

евра. Во следниот период ќе претстои спојување на ОББ и Сибанк, која исто така е во сопственост на KBC, за да може во почетокот на 2018 година да почне со работа новата банка, која ќе биде трета по големина во Бугарија. Неодамна стана јасно и дека уште една грчка банка Piraeus Bank ги распродава своите бинзиси на Балканот, поточно подружниците во Романија, Србија, Албанија и Украина, како и другите нестратешки активи на групацијата во регионот. Освен овие две, и грчката Алфа банк во изминатиов период продаде неколку свои подружници на Балканот, со што станува повеќе од јасно дека се намалува влијанието на грчките банки во регионот. 

ЕМАНУЕЛ МАКРОН

францускиот претседател најави намалување на бројот на пратениците за третина за „помалоброен, но посилен Парламент“

не им беше неделата

ШИНЗО АБЕ

партијата на јапонскиот премиер оптоварена со скандали претрпе тежок пораз на локалните избори

ДОНАЛД ТРАМП

твитна видео на кое удира човек чија глава е покриена со логото на CNN


Капитал број 923/924 07.07.2017

8

www.kapital.mk

COVER STORY

НОВ ВЛАДИН ПРЕДЛОГ ЗА ПОВРЗУВАЊЕ НА СТРАНСКИТЕ И ДОМАШ

ДРЖАВНА ПОМОШ ЗА СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ ЗАВИСНО ОД СОРАБОТКАТА СО ДОМАШНИТЕ ФИРМИ


www.kapital.mk

ШНИТЕ ИНВЕСТИТОРИ

Капитал број 923/924 07.07.2017

9 Новата влада ќе продолжи да ги субвенционира странските инвеститори, но државната помош ќе се добива во зависност од соработката со домашните фирми – ова е новиот модел на привлекување на странски инвестиции што повеќе ќе се поврзат со домашната економија што го најави вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев. Тој објасни дека ќе се смени досегашната пракса кога одредени странски компании добивале државна помош и до 50% од инвестицијата, а речиси ништо или најмногу до 1% од суровините или услугите ги набавувале од домашниот пазар. Владата најави дека ќе продолжи со политиките на привлекување на инвестиции, но транспарентно ќе ги објавува сите трошоци за да може јавноста да процени колкави се реалните придобивки. Освен тоа, се обврза дека ќе овозможи еднаков третман на домашните и странските инвеститори.

Н пишува:

Александар Јанев

aleksandar.janev@kapital.mk

Новата влада ќе продолжи да ги субвенционира странските инвеститори, но државната помош ќе се добива во зависност од соработката со домашните фирми, најави вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев. Тој објасни дека ќе се смени досегашната пракса кога одредени странски компании добивале државна помош и до 50% од инвестицијата, а речиси ништо или најмногу до 1% од суровините или услугите ги набавувале од домашниот пазар. „Сметам дека треба да привлекуваме такви странски инвеститори кои повеќе ќе соработуваат со домашната економија. За сите странски инвеститори кои ќе доаѓаат во иднина, малку ќе го промениме моделот на субвенционирање. Ние како држава и понатаму ќе субвенционираме странски инвеститори, за да бидеме конкурентни со земјите од регионот во процесот на привлекување на странски инвестиции, но субвенционирањето ќе биде поврзано со процентот на соработка со домашните компании. На тој начин сакаме да постигнеме поголема интеракција и соработка помеѓу странските инвеститори и домашните компании, за да може преку овој процес да растат и македонските компании. Инаку, ако странските инвеститори

ги затвориме како црни кутии, во кои има само влез и излез, и никаква друга интеракција со домашната економија, нема да имаме голем бенефит од нив“, изјави вицепремиерот Анѓушев во своето интервју за Капитал и додаде дека Владата не може постојните странски компании на сила да ги натера да соработуваат со македонските компании, бидејќи тие може да кажат дека во македонските компании не можат да најдат соодветен квалитет, цена, дека не се компатибилни со нивното производство... „но, затоа ние ја имаме Македонската банка за поддршка на развојот (МБПР) и имаме позиција како Влада да им помогнеме на македонските компании за да го подобриме и зголемиме нивниот капацитет на ниво на кое што ќе можат да понудат квалитет и квантитет кои ќе бидат задоволителни за странските инвеститори“, истакна Анѓушев. Тој истакна дека Владата ќе се заложи субвенционирањето на странските инвеститори да биде најтранспарентно и се обврза да објави во јавноста колку пари потрошила претходната власт за државна помош на странските компании што ги привлекувала да градат фабрики во земјава. „И јас како потпретседател на Владата се соочувам со разни опструкции и не можам да дојдам до вистинските бројки и податоци за да анализираме какви се субвенции и државна помош е давана на странските инвеститори. Владата и понатаму ќе продолжи со привлекување на странски инвестиции, но тоа ќе го направиме на транспарентен начин за јавноста да знае што добиваме и што даваме, за да можеме реално да ги измериме ефектите од странските инвестиции во државата. Ќе објавиме и кумулативно колку Македонија има досега дадено во процесот на привлекување на странските инвестиции. Можам само да кажам


www.kapital.mk

Капитал број 923/924 07.07.2017

10

COVER STORY

дека одредени министри имале големи дискрециони права да одлучуваат каква државна помош ќе се додели и во колкав процент ќе биде таа. Целиот тој процес ќе го направиме транспарентен“, истакна Анѓушев. Во меѓувреме, претставници од опозициската партија ВМРО – ДПМНЕ, кои што ги водеа политиките на привлекување на странски инвестиции во последните десет години, излегоа со проценка дека околу 500 домашни фирми веќе соработувале со странските компании и дека прометот по тој основ на годишно ниво изнесува околу 50 милиони евра.

Државна помош и за странски и за домашни компании

Економистите исто така сугерираа сличен модел на привлекување и субвенционирање на странски инвестиции кои што наместо исклучиво од увоз, ќе набавуваат суровини и од домашниот пазар за да се поттикне растот и на домашните компании. Меѓутоа, тие сугерираа новата влада да применува исти критериуми за државна помош на компаниите, без оглед дали се странски или домашни. Универзитетскиот професор Марјан Петрески, неодамна изјави дека мора да настане благо свртување од ексклузивно субвенционирање на странските директни инвестиции кон субвенционирање и на домашните фирми. „Тоа може да се направи ако владата размисли за програма во која ќе ја стимулира домашната додадена

вредност, односно субвенции за фирми кои одреден процент од своите репроматеријали ги купуваат на домашниот пазар. Ваква мерка би била независна од сопственоста на фирмата, па ако странските инвеститори може повеќе да се поврзат со домашната економија, тогаш тие нека добиваат поголеми субвенции“, изјави Петрески. Ова е веќе подолго време главно барање на бизнис заедницата во земјава. Речиси сите менаџери со кои разговаравме во врска со очекувањата од новата влада, прво што посочија е еднаков третман на домашните фирми со странските инвеститори. Велат, дека досега кога доаѓаше странски инвеститор, половина од министрите се креваа на нозе да им обезбедат најдобри услови за водење бизнис, од отворање на фирмите, државна помош за градење на фабриките и ослободување од речиси сите даноци, царини и придонеси, што не беше случај кога домашна компанија отвора фабрика. Генералниот директор на компанијата Факом, Златко Симоновски, исто така смета дека клучната промена во економската политика на новата Влада треба да биде поголема наклонетост на домашните фирми како главни носители на економскиот раст. „Прва работа што мора да се промени е целиот економски модел затоа што вака како што се поставени политиките, очигледно не генерираат висок економски раст. Потребно е да се донесат повеќе мерки во насока на подобрување на условите за водење на бизнис, односно за зголемување на

конкурентноста на домашните фирми. Ние немаме ништо против странските директни инвестиции, меѓутоа, новата власт мора да обезбеди еднакви услови за работење и на домашните компании бидејќи сепак тие се многу побројни и главни носители на растот. Мерките би требало да се насочат особено кон поттикнување на извозот а за да се постигнат најдобри резултати, властите мора да имаат слух за проблемите со кои што се соочува бизнисот и врз основа на тоа да креира политики“, вели Симоновски. И статистиката е на страна на домашните компании. Последните податоци од Државниот завод за статистика за 2015 година, покажаа дека домашните приватни инвестиции изнесуваат околу една милијарда евра, што е два и пол пати повеќе отколку бруто странските инвестиции во тој период.

За десет години потрошени 150 милиони евра

Во недостиг на прецизни податоци за трошоците што претходната власт ги направи во привлекувањето на странските инвестиции, од државната помош па до сите роуд шоуа што ги организираше низ светот, пресметките од завршните сметки на буџетите во последните десет години покажаа дека се потрошиле најмалку 148,7 милиони евра. Пребарувањето поврзано со зборовите „странски инвестиции“ донесе резултати според кои најголем дел од народните пари за привлекување на инвеститори



www.kapital.mk

Капитал број 923/924 07.07.2017

12

COVER STORY

З

КОЧО АНЃУШЕВ вицепремиер за економски прашања

а сите странски инвеститори кои ќе доаѓаат во иднина, малку ќе го промениме моделот на субвенционирање. Ние како држава и понатаму ќе субвенционираме странски инвеститори, за да бидеме конкурентни со земјите од регионот во процесот на привлекување на странски инвестиции, но субвенционирањето ќе биде поврзано со процентот на соработка со домашните компании. На тој начин сакаме да постигнеме поголема интеракција и соработка помеѓу странските инвеститори и домашните компании, за да може преку овој процес да растат и македонските компании. Инаку, ако странските инвеститори ги затвориме како црни кутии, во кои има само влез и излез, и никаква друга интеракција со домашната економија, нема да имаме голем бенефит од нив.

во земјава ги потрошиле двете главни државни институции за оваа намена, Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот и Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ДТИРЗ). Меѓутоа, за оваа намена трошеле и Министерството за економија и Владата. Дирекцијата за ТИРЗ, која што како таква постои од 2009 година, до 2016 година потрошила вкупно 71,2 милиони евра. Од нив, речиси 48 милиони евра се потрошиле за изградба на технолошко индустриските развојни зони, 5 милиони евра за поддршка на инвестиции, а околу 18 милиони евра за функционирањето на Дирекцијата во што спаѓаат платите на вработените и набавки на стоки и услуги за тековното работење. Претходно во 2007 и 2008 година, за изградба на технолошко индустриските развојни зони се потрошиле околу 10,7 милиони евра, но преку Министерството за економија. За годинава, за капитални инвестиции во овие 13 индустриски зони, дел од нив целосно изградени и подготвени за инвеститорите, а дел во фаза на изградба, предвидено е да се потрошат уште 4 милиони евра. Со тоа вкупниот буџет наменет за технолошко индустриските развојни зони, од 2007 година до годинава надминува 86,7 милиони евра. Базата на податоци „Странски инвестиции под лупа“ што ја објави

М

МАРЈАН ПЕТРЕСКИ

универзитетски професор

БИРН, покажува дека во техонолшко инудстриските развојни зони, во периодот од 2007 до 2016 година, најавени биле вкупно 43 странски инвестиции, во вредност од 1,16 милијарди евра. Во овие фабрики пак, било најавено дека ќе се отворат вкупно 26.730 работни места. Меѓутоа, до крајот на минатата година само 13 инвестиции се реализирани со вложени 231,5 милиони евра и отворени 6.863 работни места, додека уште 13 инвеститори се уште ги градат фабриките што ги најавиле. Меѓутоа, дури 17 инвеститори што најавиле дека ќе изградат фабрика во некоја од зоните, ветиле дека ќе вложат 612 милиони евра и дека ќе отворат 14.867 работни места, никогаш не ги реализираа плановите. Втората институција која што исто така има за цел да привлекува инвеститори што ќе вложуваат во земјава, Агенцијата за странски инвестиции, од 2007 до 2016 година потрошила вкупно 50,8 милиони евра народни пари. Од нив, 16,2 милиони евра за економска промоција и уште 10,7 милиони евра за економски маркетинг. Од оваа Агенција се исплатиле и 16,4 милиони евра за поддршка на инвестициски вложувања. Од 2011 година, оваа Агенција добива задача да го промовира и извозот, а оваа цел е додадена и во називот на оваа државна институција. Истражувањето на договорите за јавни набавки што ги склучувале

ора да настане благо свртување од ексклузивно субвенционирање на странските директни инвестиции кон субвенционирање и на домашните фирми. Тоа може да се направи ако владата размисли за програма во која ќе ја стимулира домашната додадена вредност, односно субвенции за фирми кои одреден процент од своите репроматеријали ги купуваат на домашниот пазар. Ваква мерка би била независна од сопственоста на фирмата, па ако странските инвеститори може повеќе да се поврзат со домашната економија, тогаш тие нека добиваат поголеми субвенции. Дирекцијата за ТИРЗ и Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот ги диференцира овие две институции задолжени за иста цел. Всушност, најголем дел од тендерите на Дирекцијата за ТИРЗ се склучени за изградба на основната инфраструктура во технолошко индустриските развојни зони, од изработка на проектни документации, изградба на улици, водоводна и канализациона мрежа, електрични инсталации и осветлување, инсталирање на гасоводна мрежа. Од друга страна, Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, поголем дел од тендерите ги склучува за набавка на промотивни материјали, снимање на видеа, рекламни услуги, набавки на авионски билети, хотелски услуги за бизнис форуми, поштенски услуги. Во последните неколку години, пак, посебна ставка од која се трошат народни пари за привлекување на странски инвестиции и развој на слободна економска зона, има и во буџетот на Владата. Од 2013 година до лани, на оваа ставка се потрошени над 11 милиони евра, а интересно е тоа што речиси сите пари завршиле како субвенции и трансфери. Меѓутоа, во буџетот не е прецизирано конкретно на што се потрошиле овие пари, односно дали станува збор за исплата на државната помош што ја добиваат некои од инвеститорите.

nnn


www.kapital.mk

Капитал број 923/924 07.07.2017

13 ТОП ИЗВОЗНИЦИ

Во претходното издание на магазинот “Капитал” број 921/922 во рамки на специјалниот прилог “Топ Ивозници” беше објавена табела со податоците за вредноста на извозот на одредени извозни компании во Македонија. Уште еднаш појаснуваме дека не станува збор за рангирање на најголеми извозни компании. Во табелата објавена изминатиот број се вклучени податоци за вредноста на извозот на компании кои се јавно достапни преку годишните финансиски извештаи објавени на Македонската берза, како и на компаниите кои по потврдно одговорија на нашето писмено барање да ни ги достават податоците за реализираниот извоз во изминатата година. Во оваа прилика сакаме уште еднаш да искомуницираме со јавноста дека Капитал веќе трета година по ред е спречен да го подготви изданието “Топ 100 Извозници на Македонија”, a во кое беа рангирани најголемите извозни компании, заради тоа што откако за директор на Царинската управа беше назначена Наташа Радеска Крстевска, соработката која траеше во претходните шест години беше еднострано прекината со објаснување дека податоците за извоз на компаниите имаат третман на деловна тајна во Македонија. Во овој број ја преобјавуваме табелата со извозните резултати, со тоа што во неа сега се вклучени и резултатите од ИГМ Трејд од Кавадарци, чии одговори и податоци заради технички причини не беа објавени во претходниот број. Во прилог ги објавуваме и одговорите од ИГМ Трејд за постигнатите извозни резултати изминатата година и очекуваниот извоз годинава, најголемите предизвици со кои се соочуваат, мерките кои би можела да помогне новата влада за зголемување на извозот... Од ИГМ-Трејд велат дека изминатата 2016 година имале извоз од 72,5 милиони евра, што е 89% од вкупните продажби на компанијата. Во 2017 година од ИГМ-Трејд очекуваат извозот да продолжи да се зголемува и да достигне 93 милиони евра. Што се однесува на најголемите проблеми и предизвици со кои се соочуваат при извозот, од ИГМ-Трејд посочуваат дека се поголемите протекционистички тенденции во ЕУ го отежнуваат извозот и се наметнуваат како голема закана во иднина. “Како дел од актуелните анти-дампинг истраги секој увоз во ЕУ од трети земји мора да се регистрира и секој наш купувач е должен да аплицира за увозна дозвола и да чека да биде издадена што го одолговлечува рокот за испорака и автоматски ја намалува нашата конкурентност. Оваа процедура уште повеќе го отежнува придобивањето на нови клиенти во Германија и другите развиени ЕУ членки”, вели Александар Гечев, генерален директор на ИГМ Трејд. Според Гечев, смета дека најголема бариера за извоз на ниво на држава е фокусот на македонските производители на производи со мала додадена вредност и полу-фабрикати, релативно непознатите брендови, централизирана продажба и слаба продажна/дистрибутивна мрежа во странство, слабо искористување на економските промотори и дипломатски претставништва за промовирање на македонскиот извоз. Што се однесува до мерките со кои Владата би можела да придонесе за зголемување на извозот, Гечев како мерки кои би го стимулирале извозот ги посочува подобрување на патната и железничката инфраструктура, поддршка на МБПР во делот на осигурување на побарувањата, субвенции за промоција и настап на саеми во странство, поголема ефикасност на царинските испостави (посебно кај НКТС процедура), дел од мерките за привлекување и стимулирање на странски директни инвестиции да бидат достапни за извозноориентирани домашни компании или домашни компании лоцирани во индустриски зони, договори за користење на европски фондови за набавка на нова опрема и технологија. “Како најбитна мерка за зголемување на конкурентноста на производните капацитети би ја издвоил гасификацијата - поврзување на сите позначајни индустриски капацитети како приоритет и изградба на секундарна мрежа во втора фаза за зголемување на потрошувачката и намалување на цената на гасот на долг рок”, вели Гечев.

Како работеа извозните компании? Извоз во Компанија Џонсон Мети

2016 (во евра) 1.300.000.000

/

Ван Хол

128.369.341

37,16%

Фени Индустри

101.303.000

-56,96%

Џонсон Контролс Штип

96.389.428

33,66%

Алкалоид

80.700.000

8,00%

ИГМ-Трејд

72.500.000

/

Окта

60.000.000

-1,40%

Саса

38.121.511

-19,62%

Макстил

47.000.000

/

Бучим

45.948.171

2,79%

Вабтек

19.900.000

6,00%

Макпрогрес

18.050.000

6,00%

Цементарница

17.800.000

30,00%

Факом

16.000.000

15,25%

Мермерен комбинат

15.846.960

3,00%

ФЗЦ 11 Октомври

12.000.000

390,00%

Витаминка

10.800.000

-1,70%

Макпетрол

10.100.000

-16,50%

Тиквеш Кавадарци

9.830.000

4,80%

Пекабеско

7.051.000

20,80%

Европа

6.500.000

-1,30%

Мода Свети Николе

3.600.000

22,60%

Димко Митрев Велес

3.440.000

4,20%

Фруктал Мак

2.500.000

3,00%

Раде Кончар Апаратна Техника

2.360.000

23,20%

Сковин

2.300.000

25,60%

БИМ Свети Николе

2.225.000

-25,70%

*Податоците за извоз се обезбедни од финансиските извештаи на компаниите објавени на Македонската берза, податоци од Државниот завод за статистика и од доставените податоци од самите компании


Капитал број 923/924 07.07.2017

14

www.kapital.mk

ЛУЃЕ И КОМПАНИИ

МАКЕДОНСКИТЕ ПРОИЗВОДИТЕЛИ СО КОНКРЕТНИ БАРА

ПОТРЕБНИ СЕ МЕРКИ ЗА СПАС НА ИНДУСТРИЈАТА ЗА МЕСНИ ПРЕРАБОТКИ:

ПРВО, УКИНУВАЊЕ Н ЦАРИНИТЕ ЗА СУРОВ

АЛАРМ: НЕЛОЈАЛНАТА КОНКУРЕНЦИЈА ОД УВОЗ ГО УРИВ


www.kapital.mk

АЊА ДО ВЛАДАТА

НА ВИНИ!

Капитал број 923/924 07.07.2017

15 Домашните производители на месни преработки немаат домашно свежо месо за суровина, па увезуваат смрзнато, и тоа со царина од 19 – 35%. Во исто време, заради меѓудржавните договори за слободна трговија, во Македонија влегуваат готови сувомесни производи со нула царина, на чиишто цени локалните производители не можат да конкурираат и неколку од нив веќе ги затворија погоните. Од Групацијата за производство и преработка на месо при Стопанската комора на Македонија имаат повеќе конкретни барања до новата Влада, со цел да се надмине оваа апсурдна ситуација на практично протежирање на увозот на преработки од месо, на штета на домашната индустрија. пишува:

Редакција Капитал

У

kapital@kapital.mk

Укинување на царините и прелевманите за увоз на замрзнато свинско месо веќе подолго време бараат македонските производители на месни преработки за да може да издржат на пазарот, преплавен од увозни месни преработки, во најголем дел од Србија. Преку своето здружение во рамки на Стопанската комора на Македонија, домашните производители на месни преработки своите барања ги доставиле и до новата влада, како што дознава Капитал. Едно од клучните барања на Групацијата за производство и преработка на месо при Стопанската комора е воведување дополнителен контингент за увоз на замрзнато свинско месо за преработка, и тоа само за регистрирани преработувачки капацитети кои треба да бидат и увозници и корисници, во количина од 1.250 тони по квартал. Контингентите би се распределиле согласно правилото “прв дојден - прв услужен”. Воедно, секој што ќе направи поединечен увоз ќе мора како доказ да приложи каде истото завршило, односно да постои целосна следливост на увезеното замрзнато свинско месо за преработка. Како дополнителна гаранција преработувачите предлагаат давање изјава со која се гарантира дека нема да има злоупотреба на увезените количини и истите ќе се користат исклучиво за преработка. Истовремено, домашните преработувачи предлагаат воведување високи казнени одредби за субјектите кои нема да се придржуваат на мерката, и тоа, во висина од двојна влезна давачка која би се платила согласно досегашната пракса.

Заеднички став и на фармерите и на преработувачите е ова наменски увезено месо да не може да се продава за директна консумација во маркетите, рестораните и угостителските објекти, односно во малопродажбата. Истовремено се предлага свежото свинско месо кое влегува од увоз во РМ да подлежи на додатни здравствени контроли проследени со додатна лабораториска анализа. “Како што ни рекоа во Царинската управа, решавањето на вакви, ако можеме да ги наречеме, царински проблеми, оди по пат донесување времени мерки во времетраење од 6 до 12 месеци. Во зависност од резултатот на тие времени мерки, такви ќе бидат и одлуките што би следеле подоцна. Ако времената мерка се покаже дека дала резултати, а не ги оштетила противниците на конкретната мерка, нејзиното времетраење се продолжува секоја година. Ако е обратно, се укинува мерката“, велат предлагачите на мерките, домашните производители на месни преработки.

Се фаворизира увозот, наместо да се стимулира извозот. Кому тоа оди во прилог?

Домашните компании се нерамноправни со странските производители од причина што готовиот производ од увоз доаѓа без никакви давачки и слободно се продава на домашниот пазар, а македонскиот производ е направен од истата суровина која кај нас е оптоварена со 0,43 евра/ кг прелевман, односно висок процент на царина. Од тие причини, домашните преработувачи се во нерамноправна позиција, се фаворизираат странските компании и истите сè повеќе се присутни на домашниот пазар. На пазарите во Црна Гора и Босна и Херцеговина за ист толкав износ македонските компании се поскапи во однос на нивните, од причина што во БиХ има квота без царина и прелевман, додека во Црна Гора нема воопшто прелевман. Како резултат на ваквите состојби на домашниот пазар веќе неколку големи компании беа принудени да ги затворат своите производствени погони и доколку

ВА ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЕСНИ ПРЕРАБОТКИ


www.kapital.mk

Капитал број 923/924 07.07.2017

16

ЛУЃЕ И КОМПАНИИ

изостане брза интервенција од страна на македонската Влада, овој тренд ќе продолжи до целосно пропаѓање на месната индустрија. Македонската месна индустрија енергично ја повикува владата и Агенцијата за храна и ветеринарство или Царинската управа на да ја проверат информацијата која домашните компании ја имаат веќе одреден период: дека во Србија на некои производители им се дадени дозволи за увоз заради извоз и истите не плаќаат ниту прелевман ниту царина, а готовите производи веќе се присутни на македонскиот пазар. Македонските преработувачи на месо и преработки од месо укажуваат дека со укинување на прелевманот и царината (како времена мерка) ќе се зголеми извозот на македонски производи, а државата по основ на придонеси, персонален данок за нововработени и данок на добивка ќе добие повеќе пари во буџетот, со што ќе може да ги поддржи производителите на свежо свинско месо. Либерализираниот увоз на било какви производи, па и сувомесните, не може да биде доведен во прашање заради меѓудржавните договори што ги има потпишано Македонија, но од друга страна пак, сметаат производителите, не може да се минира домашната индустрија со тоа што ќе биде оптоварена со царина и други давачки. И плус, да не и се помага со никакви други мерки на домашната индустрија, како што тоа го прават другите земји од регионот. Оти, се наметнува прашањето, кому одговара високиот увоз на сувомесни производи и колапсот на домашните производители, ако не на увозничкото лоби и извесни центри на моќ, поврзани со бизнис интересите на одредени компании.

На Македонија и треба заокружен систем: од фарма до сувомесна преработка

Според податоците на Ветеринарна управа во земјава регистрирани се 50 објекти за преработка на месо , од кои 12 веќе не работат. Од 38-те капацитети што сè уште работат, 15 капацитети се регистрирани за производство на полутрајни и трајни производи , со капацитет од 45.000 тони на годишно ниво /работа во една смена. Од инсталираните капацитети за производство 94% се во сопственост на десет трговски друштва, членки на Групацијата за производство и преработка на месо при Стопанската комора на Македонија, подносители на барањата спомнати во текстов. Со преработка на 11.500 тони месо минатата година, можниот капацитет за производство на полутрајни и трајни преработки од месо од 42.000 тони, кај овие десет членки на Групацијата, се користи само 28%. Од вкупно преработената количина на месо само 1.700 тони, или само 15% е од домашно потекло, односно месо од домицилните производители. Останатото е од увоз. Согласно податоците за увоз на месо по

ОВА СЕ КЛУЧНИТЕ БАРАЊА НА МАКЕДОНСКИТЕ ПРЕРАБОТУВАЧИ НА МЕСО

1. 2.

Да се укине целиот прелевман за замрзнато свинско месо и грбна сланина, да се смени целиот тарифник и да се назначи во него дека царинската стапка е нула.

Да се воведе квота за замрзнато свинско месо и грбна сланина – за производителите да биде царинска стапка 0%. Оваа квота од 6.000 тони за замрзнато свинско месо и 1.000 тони за сланина – на секој квартал 1.500 тони и 250 тони респективно – да може да ја користат само месни индустрии по принципот прв дојден, прв услужен. Контрола ќе врши Царинската управа, а со овој став се согласува и самата институција. А, истото може да го врши и Агенцијата за храна и ветеринарство, како и Пазарниот инспекторат, односно контрола дали месото завршува во преработка, и секој оној што нема да го употреби за оваа намена да плати казна во износ двојно повеќе од царинските давачки.

3.

Да се намали царинската стапка во најмала рака на ниво што важи во Р. Србија, односно на 9% за замрзнато свинско месо и 6% за грбна сланина. На тој начин македонската месна индустрија би требало да биде во иста позиција со српските производители коишто се најприсутни на македонскиот пазар. Но, многу од тие производители имаат дозволи за увоз заради извоз, па не плаќаат давачки за извоз во Р. Македонија. Значи, со ова македонската месна индустрија повторно не е рамноправен конкурент на српските производители што извезуваат во земјава.

4.

Да се зголеми редовната квота на увоз на замрзнато свинско месо од ЕУ, којашто сега изнесува 2.200 тони годишно и тоа со стапка од 9,5% за 200 тони, а за 2.000 тони е 13,3%. Предлагаме да се зголеми на 6.000 тони со стапка од 9%.

5.

Да се дадат од страна на Царинската управа дозволи за облагородување на сите што извезуваат преработки од месо. Ова од причина што суровините на домашниот пазар не можат да ги задоволат потребите на производителите на преработки од месо. А, особено што посебната структура на месо што се увезува не се произведува на домашниот пазар.

6.

Да се воведат стимулации за извозниците на месни преработки

ПОРАЗ: ОД 50, 12 ФАБРИКИ ЗА МЕСНИ ПРЕРАБОТКИ СЕ ЗАТВОРЕНИ



www.kapital.mk

Капитал број 923/924 07.07.2017

18

ЛУЃЕ И КОМПАНИИ

ПРОИЗВОДСТВО НА СУВЕМАСНАТИ ПРОИЗВОДИ ВО МАКЕДОНИЈА (во тони)

24.735

12.407

2007

14.237

2008

14.872

2009

15.694

16.676

2010

2011

2012

26.601

2013

23.357

2014

19.818

20.004

2015

2016

Извор: Стопанска комора на Македонија

ПРЕРАБОТУВАЧИТЕ НА МЕСО ПО СИЛНИОТ РАСТ, ПОСЛЕДНИВЕ ГОДИНИ СО ПАД ВО ПРОИЗВОДСТВОТО ОД РЕЧИСИ 30%!

З

а тоа колку силниот увоз на сувомесни производи без царина и наштети на македонската преработувачка индустрија показател е статистиката за производство на

одделни категории и земји на потекло, може да се согледа дека месо за преработка во земјава нема, што впрочем е утврдено и со стоковните биланси за основните земјоделски и прехранбени производи одделно за економска односно календарска година. Иницијативите на домашната преработувачка индустрија одат во насока ултимативно Македонија да добие заокружен систем за производство на месо и преработки, односно силно фармерско производство на свежо месо што ќе ја задоволи домашната побарувачка, а

месни преработки во последниве десет години. По силниот раст од 2007 наваму, што доживеа кулминација во периодот 2012-2014, во 2015 и 2016 година веќе се гледа пад од безмалку 30%!!!

остатокот ќе оди за преработка. Но, за тоа потребна е системска поддршка на примарното производство од страна на државата, што подразбира пред сè поефикасен модел на субвенции на фармерството, за што поопширно ќе пишуваме во следните броеви на Капитал. Во моментов, комерцијалните потреби од полутрајни и трајни преработки на месо годишно изнесуваат околу 17.000 тони, кои од домашното прозводство се подмируваат со 65%, а 35% од увоз, при што се увезуваат околу 6.000 тони.

Увозот на преработки на месо во одделни години достигнувал и до 9.000 тони, што покривало над 60% од домашната потрошувачка, но квалитетот и упорноста на младата индустрија за преработка на месо постепено го освојуваше домашниот пазар, а позитивни се и движењата во извозот. За жал, овој тренд е прекинат, производство на сувомесни преработки паѓа, а на индустријата и се заканува целосен колапс доколку итно не се донесат барем дел од мерките што ги предлагаат производителите. 



www.kapital.mk

Капитал број 923/924 07.07.2017

20

ДОСИЕ

ИЗРАЕЛСКОТО ЗЕМЈОДЕЛСКО ЧУДО:

АКО УСПЕАВМЕ ЌЕ УСПЕЕМЕ И МЕСЕЧИНАТА!

E пишува:

Биљана Здравковска Стојчевска biljana.zdravkovska@kapital.mk

Екипа на “Капитал” пред неколку години заедно со уште дваесетина новинари од целиот свет имаше уникатна можност да биде дел од посетата на Израел чија цел беше да се претстават највисоките технолошки достигнувања

во земјоделието. За Израелците земјоделството е многу повеќе од само земјоделство. Тоа е борба за опстанок, начин на размислување, предизвикување на природата, начин за наметнување во глобалниот свет. Соочени со недостиг на вода и плодна земја, Израелците имаат развиено уникатни начини на одгледување на земјоделски култури со минимум потрошувачка на вода и земја. За Израелците опцијата не може, едноставно не е опција за која размислуваат. Со нивната упорност тие успеаа да ја победат и природата. Во израелската пустина Израел успева да произведе речиси 90% од сопствените потреби за храна, а во последниве години се наметнува и како еден од

поголемите извозници на зеленчук и овошје. Израелската храборост, упорност, иновативност и креативност која е присутна во земјоделството, исто како и во другите сфери на живеење, едноставно инспирира. Израелското земјоделство е пример за патриотизам, успешност, интелектуална надмоќ и лидерство. Тоа е успешна приказна за извојуваната победа во долгата и напорна борба против тешките услови и органичените ресурси. Во овој текст потсетуваме на дел од тајните за успехот на Израел во производството и извоз на храна, кој домаќините несебично ги споделија со новинарите, а кои можат да послужат како инспирација како може да се решат проблемите во земјоделието со кои се


www.kapital.mk

Капитал број 923/924 07.07.2017

21

Е ОВДЕ, НА соочува Македонија.

Пустината Негев – симбол на успешната приказна во земјоделето

Долината Арава, која се протега на источниот дел на пустината Негев, е еден од симболите на успехот на Израел во земјоделието, кој покажува дека е можно да се произведе храна и во пустина, и без вода и без плодна земја. Арава е на само три часа возење од Тел Авив, на околу 330 метри под морското ниво, каде сонцето грее во просек 355 денови, а дожд врне само неколку часови во годината, каде температурата многу често надминува 40 степени. Пејсажот е повеќе од монотон. Само пустински песок и камења, речиси никаква

вегетација и по некое корито од река, во кое само еден или два часа во годината протекува вода. На почетокот на ноември тепмературата беше нешто под 30 степени целзиусеви. Одеднаш на видикот се појавува огромно пространство кое единствено се белее на црвениот песок. Тука на средина на пустината, на површина од над 2.500 хектари се протегаат оранжерии и пластеници, во кои се имплементирани сите иновации и нови технологии кои Израел ги има развиено за производство на храна во пустински услови. Можеби најголема и најважна од сите иновации е начинот на кој Израел ја користи водата, преку усовршување на ситсемот на наводнување капка по капка, рециклирање на отпадните

Екипата на “Капитал” пред неколку години имаше ретка можност заедно со уште дваесетина новинари од целиот свет да ги види најголемите технолошки достигнувања на Израел во земјоделието. За Израелците земјоделството е многу повеќе од само земјоделство. Тоа е борба за опстанок, начин на размислување, предизвикување на природата, начин за наметнување во глобалниот свет. Соочени со недостиг на вода и плодна земја, Израелците имаат развиено уникатни начини на одгледување на земјоделски култури со минимум потрошувачка на вода и земја. За Израелците опцијата не може, едноставно не е опција за која размислуваат. Со нивната упорност тие успеаа да ја победат и природата. Во израелската п устина денес се произведува над 50% од израелскиот извоз на зеленчук. Израелската храборост, упорност и креативност која е присутна во земјоделството, исто како и во другите сфери на живеење, едноставно инспирира. Тоа е пример за патриотизам, успешност, интелектуална надмоќ и лидерство.


www.kapital.mk

Капитал број 923/924 07.07.2017

22

ДОСИЕ

води и системите за десалинизација на солената вода од Медитеранот. Во оваа пустина под заштитени услови се одгледуваат пиперки, домати, лубеници, дињи, смокви, јагоди, сончоглед... Тука се одгледува над 60% од зеленчуокот кој Израел го извезува, околу 15% од израелскиот извоз на цвеќе и 90% од извозот на лубеници. Земјоделството во Арава не е ниту налик на она што во Македонија го сметаме за земјоделие. Софистицирани земјоделски техники, комјутерско наводнување и контролирање на условите во кои се одгледуваат земјоделските култури овде се нешто најнормално. Всушност, секој кој сака да се занимава со земјоделство е принуден да ги применува најновите технолошки достигнувања на изаелските научници. Во Израел постои уникатна врска помеѓу научниците, земјоделците, државата, консултантите, која функционира совршено и која е пример за многу земји. Во Арава се лоцирани три истржувачки станици, кои се посветени на развивање на посебни технологии и методи за земјоделско производство под заштитени услови, развивање на нови хибридни сорти приспособени да растат во тешките климатски услови, сорти кои се одгледуваат со минимум употреба на вода, и тоа солена, и уште многу решенија кои за македонските, но и многу други земјоделци во светот се научна фантастика. “Арава е пример за храбороста на израелскиот народ. Ако успеавме овде ќе успееме и на Месечината”, велат одговорните луѓе компанијата Нетафим, која е најголема компанија

во светот за производство на опрема за наводнување и софистицирани оранжерии. Луѓето од Нетафим, компанија во сопственост на три израелски кибуци, со невидена гордост зборуваат за нивниот успех во пустинскиот песок да се произведува храна. Истражувачките центри во долината Арава, кои во добар дел се финансирани од државата и од невладини фондации, ги решаваат само конкретните проблеми со кои се соочуваат земјоделците. Секој истражувачки проект има крајна цел да изнајде решиние за конкретен проблем на земјоделецот. Резултатите од истржувањето потоа им се достапни на сите земјоделци, кои преку разните системи на стимулации се принудени да ги применуваат. Денес со сигурност може да се каже дека Негев е пример на човековата победа над природата. Израелците успеале да ја победат пустината и од неа да направат плодна почва, каде одгледуваат земјоделски култури за сопствените потреби, но и за извоз. Денес во Негев живее околу 12% од населението. Но, Негев станува сè поатрактивно место за живеење и многу се одлучуваат да се населат во овој регион. Оној кој сака да почне да се занимава со земјоделство во овој дел од земјата, од државата добива неповратни пари во износ од 30% до 50% од вредноста на проектот.

Во што е тајната на успехот?

Од 1948 година, кога е основана израелската држава површината која

се обработува е зголемена тројно, а земјоделското производстсво за овој период е зголемено за 16 пати. Денес Израел успева да произведе 95% од сопствените потреби за храна, и покрај тоа што над 50% од територијата е пустина, а само окол 20% е обработливо земјиште. И покрај намалувањето на значењето, во споредба со другите економски сектори, земјоделството во Израел сè уште има значајна улога во државата. Во некои региони, како долините Арава, во пустината Негев и Јордан, во северниот дел од земјата, земјоделството има третман на прашање од национален карактер. Денес земјоделското производстсво во Израел надминува 8 милијарди долари, што е учествува од 3,3% во националниот БДП на земјата. Околу 18% од земјоделското производтсво на Израел се извезува, што е учество од околу 4% во вкупниот извоз на државата. Ако се има во предвид дека над 50% од територијата на Израел е пустина, овие бројки само покажуваат дека вредноста на земјата зависи само од начинот како таа се употребува. Денес сè помалку Израелци прифаќаат да работат тешки работи во земјоделството. Во земјоделство работат околу 52 илјади лица, што е 1,2% од вкупната работоспособна сила на Израел, од кои 29 илјади лица се странски работници, во најголем дел од Тајланд и Палестина. Но, и покрај постојаното намалување на бројот на луѓе вработени во земјоделството, производството и приносите во овој сектор постојано се

ФАКТ: ДУРИ 85% ОД ОТПАДНИТЕ ВОДИ ВО ИРАЗЕЛ СЕ РЕЦ


www.kapital.mk

Капитал број 923/924 07.07.2017

23

Во Арава се произведува над половина од зеленчукот кој Израел го извезува. зголемуваат. Така во 50-те години еден земјоделец произведувал храна за 17 луѓе, додека денес еден полновработен земјоделец прехранува 95 луѓе. Израелското земјоделство денес е капитал интензивно, со примена на највивисока технологија, која овозможува големи заштеди во луѓе и време. Земјоделството за кое ние имаме претстава е одамна напуштено во оваа земја. Речиси сите израелски фармери и земјоделци се образувани, многу од нив на угледни универзитети во странство, зборуваат странски јазици, употребуваат највисоки технологии во производството.... Системот е така поставен, да оној кој не сака да ги употребува најновите технолошки достигнувања едноставно е исфрлен од игра. Комјутерски системи за наводнување и ѓубрење, автоматски механизми за контрола на условите и состојбата на почвата и растенијата, високо квалитетни и приносни хибридни семиња отпорни на болести се секојдневие за израелскиот земјоделец. Израел произведува речиси 95% од храната која ја троши. Заради недостигот на плодна почва и вода, Израелците се зависни од увоз на житарици, масла, црвено месо, кафе, какао и шеќер. Може да се каже дека Израел ги задоволува сопствените потреби за храна. Но, Израелците не би биле тоа што се ако не размислуваат за својата иднина. Прогнозите велат дека за десетина години Израел може да ја изгуби способноста да ги задоволи потребите за храна преку сопствено производство.

ДРЖАВАТА ЈА ИМА КОНТРОЛАТА

С

опственик на 93% од целата земја во Израел е државата. Само мал процент од земјата е во сопственост на приватни физички лица, кои станале газди на земјата уште од пред еден век. Државата ја дава под наем земјата за одреден надомест во зависност од намената и тоа најдолго на 49 години. Ако земјата се користи за земјоделско произвдодство се плаќа многу мал и незначителен надомест. Земјата која ја обработуваат кибуците многу често им е отстапена од државата, при што секој човек може да добие најмногу 4 до 5 хектари. Државата исто така има контрола врз трошењето и употребата на водата. Користењето на водата е регулирано преку квоти и прогресивни цени, кои се движат од 0,22 до 0,37 центи за литар во зависнот од квалитетот на водата. Така на пример, секој кибуц добива годишна квота за вода, односно количина колку може најмногу да потроши за наводнување на одделни земјоделски култури. Министерството за земјоделство ги поддржува и контролира речиси сите активности во земјоделскиот сектор. Државата е финансиски вклучена во речиси сите истржувачки проекти, преку кои се наметнуваат високи стандарди за одгледување на растенијата и здравјето на животните. Со цел да го поттикне населувањето во пустината Негев, државата обезбедува финансиска поддршка за фамилиите кои сакаат да почнат да се занимаваат со земјоделство во овој регион. На пример, фамилијата поднесува проект дека сака да почне земјоделско производство во пустината Негев, а државата финансира од 30% до 50% од вредноста на проектот. Овие пари се неповратни. Министерството за земјоделство и Министесрството за надворешни работи имаат фомирано и посебен Центар за меѓународна соработкаМашав, преку кој Израелците ги споделуваат своите знаења со земјите во развој и каде се обучуваат и тренираат многу експерти од областа на земјоделието. Многу значајна институција во за израелското земјоделство е Организацијата за земјоделски истржувања (ARO-*Agriculturale Research Organization), која е истржувачка рака на Министерството за земјоделство, одговорна за планирање, организирање и имплементирање на најголем дел од земјоделските истржувачки напори во Израел. Оваа Организација ги решава конкретните проблеми во земјоделството, преку воведување на нови производи, процеси и опрема, како и истражувачки испитувања, на кои ќе се базира иднината на израелското земјоделство.

ЦИКЛИРААТ И УПОТРЕБУВААТ ВО ЗЕМЈОДЕЛИЕТО


www.kapital.mk

Капитал број 923/924 07.07.2017

24

ДОСИЕ

Никоја нормална земја не смее да си го дозволи тоа, бидејќи производството на храна е еден од изворите на национална сигурност на државата. Научниците процениле дека речиси 60% од свежата вода која сега се употребува во земјоделството, Израел нема да ја има за десетина години. Ако продолжат сегашните трендови, по една декада речиси половина од земјата која се користи за земјоделско производство ќе биде продадена или пренаменета за индустриски, комерцијални или станбени цели. Последниот факт кој ги загрижува научниците е трендот на зголемување на населението. Во Израел нема имиграција, односно никој не се иселува од земјата. Правецот е обратен. Веќе неколку децении голем број Евреи од целиот свет одлучуваат да се преселат и да живеат во ИзраелСветата земја. Прогнозите се дека

вкупниот број на население во Израел за десетина години ќе се зголеми од сегашните 6,5 на 10 милиони. Каде ќе живеат луѓето? Дали ќе има доволно храна за сите? Како да се обезбеди доволно вода? Ова се предизвиците со кои се соочуваат израелските научници.

Израелците ја исполнија библиската визија за Израел

Израел се простира на територија од 20.770 километри квадратни, што е помалку од Македонија, која има територија од 25.713 километри квадратни. Околу 65% од територијата е пустина, во која владеат многу тешки временски услови. Само 23,8% од територијата е земјоделско обработливо земјиште. Колку за споредба, дури 44,3% од територијата е земјоделско земјиште,

а се обработуваат сао 16,4%. Иако е релативно мала земја, Израел има многу различни климатски услови. На северот од земјата се наоѓаат планини со снег, а на неколку часа возење на југот на земјата се наоѓа пустината Негев, која зафаќа околу две третини или 65% од територијата на Израел. Негев на хебрејски значи југ. Климата во овој пустински дел е сува и со многу мали врнежи на дожд. Заради тешките климатски услови овој дел од Израел до пред дваесетина години бил целосно неразвиен, ретко населен и запоставен. Првиот израелски премиер Давид Бен Гурион бил еден од ретките кои имале визија и верба дека Негев може да стане атрактивно место за живеење. Бен Гурион имал само 20 години кога во 1906 година пристигнал во Израел од Русија. Во почетокот работел како

КИБУЦИТЕ И МОШАВИТЕ КАКО ФОРМА НА ЗАЕДНИЧКО ЖИВЕЕЊЕ

Н

ајголем дел од израелското земјоделство е организирано на принципите на заедништво и кооперативност. Мотивирани од идеологијата и тешките услови, првите земјоделци кои го населувале Израел во 20 век се здружувале во две уникатни форми на заедници-кибуц и мошав. Кибуцот е колективна заедница на луѓе, во која сите средства за производство се заеднички и припаѓаат на заедницата, како и сите резултати и добивките остварени со тие срества. Мошавот, пак, е кооперативно здружување на семејства, каде секое семејство си го задржува својот имот и ја обработува својата земја, а сите набавки, маркетингот и продажбата се прават заеднички. Во мошавот семејствата имаат земја во приватна сопственост, додека земјата која ја обработуваат

кибуците е во сопственост на државата. Овие форми на заедничко живеење, кои постојат само во Израел, се активни и денес. Израелците на нив гледаат како на начин да се реализира пионерскиот сон на нивните предци за постоење заедници засновани на социјална еднаквост, соработка и меѓусебна помош. Па, така дури 80% од вкупното земјоделско производтсво на Иразел се реализира преку кибуците и мошавите. Со текот на времето кибуците и мошавите се приспособиле на новите економски услови. Денес мног од најуспешни компании и банки во Израел се во сопственост на кибуци. Во Израел е многу ретко да сретнете некоја компанија, особено голема, која припаѓа само на еден човек.


www.kapital.mk

Капитал број 923/924 07.07.2017

25 земјоделски работник во Негев, но подоцна се посветил на истражувања кои ќе имаат примена во земјоделството. Тој целиот свој живот го посветил на исполнување на библиската визија за Израел-света земја во која тече мед и млеко. Тој верувал дека пустината Негев може да стане плодна почва на која ќе се одгледува храна. “Ако не ја освоиме пустината, таа ќе не освои нас”, велел Гурион. Бибилската визија за Израел е исполнета. Израелците дефинитивно успеаа да ја победат пустината. Многумина Израелци денес со гордост знаат да кажат дека од земја на мед и млеко, денесka Израел е земја на технологија и пари (*From country of milk and honey, we become country of tehnology and money). Израел денес е земја со најмногу научници и инжинери по глава на жител во целиот свет. Односот е 120 научници на 10.000 жители. Втора е Америка, каде тој однос е 85 научници на 10.000 жители.

Водата е најценет ресурс

Борбата за опстанок и преживување во услови на многу ограничени ресурси, немање вода и плодна почва ги натерале Израелците да развијат единствени техники за ефикасна употреба на водата и земјата. Израелците го измислиле системот за наводнување капка по капка со кој направија револуција во штедењето на вода. Преку овој систем се наводнува директно коренот на растението, при што нема никако непотребно губење на вода. Овој систем за наводнување, кој Израелците го измислиле во 60 те години, денес е развиен до совршенство. Преку тенки пластични црева на коренот на секое растението му се става вода и потребни хранливи материи. Сите состојки во земјата се контролираат комјутерски, па така земјоделецот во секое време знае што им недостига на земјата и растението. Овој совршен систем за наводнување и ѓубрење им овозможува на израелските земјоделски да го користат и песокот за одгледување зеленчук и овошје. Крајниот резултат на ваквиот совршен систем за наводнување и ѓубрење е зголемен принос, подобар изглед и одлучен вкус. Приносите на земјоделските култури кои се одгледуваат под заштитени услови се многу поголеми од приносите кои се добиваат од производтсвото под отворени услови. Заштитените

услови им овозможуваат на изреалските земјоделци да произведуваат преку целата година. Бидејќи во зимските месеци цените на зеленчукот се многу повисоки, нивните заработки од извозот се многу поголеми. Прогнозите се дека за неколку години, најголем дел од зеленчукот кој се продава на европските пазари во зимските месеци ќе доаѓа токму од Израел. Секој земјоделец има по три или четири реколти годишно. Податоците покажуваат

дека израелскиот земјоделец годишно произведува три до пет пати повеќе храна во споредба со американскиот земјоделец. Со системот на наводнување капка по капка Израел успеа да ја намали употребата на вода во земјоделството за повеќе од 50%. Израел денес е лидер во извозот на технологија и опрема за наводнување и речиси 80% од производтсвото на компаниите од овој сектор се извезува


www.kapital.mk

Капитал број 923/924 07.07.2017

26

ДОСИЕ

ЗЕМЈОДЕЛСТВО БЕЗ ЗЕМЈА Е РЕАЛНОСТ ВО ИЗРАЕЛ

У

кои преку комјутерски системи за наводнување и ѓубрење се контролират потребите на растението, се контролира климата, освтелувањето и влажноста во оранжериите. Колку за споредба доматите кои се одгледуваат на отворено поле даваат принос од 80 тони по хектар, додека просечниот принос на доматите одгледувани во покриени оранжерии со контролирани услови е од 200 до 300 тони по хектар.

зи Тешува е втора генерација од фамилијата Тешува кој се занимава со производство на зеленчук и растенија. Иако е сопственик на три хектари земја, тој одлучил само на еден хектар да одгледува повеќе видови марули, јагоди, разни зачини и цвеќиња. “Во Израел никој не го интересира колку хектари поседуваш. Тука прашањето е колку профит правиш. Ако инвестицијата не ја вратиш за најмногу две години, воопшто не влегувај во овој бизнис”, вели Узи. Во својата фарма Узи има инсталирано најсовремена опрема и технологија која овозможува одгледување на зеленчук во заштитени услови. Високата технологија му овозможува на Узи да одгледува зеленчук и растенија без земја. Една од најнапредните изуми во израелското земјоделство е одгледување на зеленчук и овошје без земја. Можеби звучи нестварно, но Израелците веќе имаат оранжерии во кои се одгледува различни видови зеленчуци без да употребуваат земја. Коренот на растението е ставен да расте во посебни пластични кутии, во

Веќе неколку години по ред Израел е лидер според производтсвото на млеко. Кравите кои се одгледуваат во Израел даваат најмногу млеко 11.000 литри годишно по крава. Втори се САД. Ова не е случајност, туку резултат на обмислена стратегија. Израелските крави се од марката холштајн, која е посебно генетска приспособена на жешките климатски услови. Преку вештачкото оплодување кравите се генетски усовршени да даваат повеќе млеко и да бидат отпорни на болести. Поради ограниченоста со земја, кравите се хранат со посебно

во целиот свет. Уште еден пример за храброста и упорноста на израелскиот народ е изградбата на Националната мрежа, преку која свежата вода од Галилејското езеро, кое се наоѓа на северот од земјата, преку сложени канали, водоводи, пумпни станици се пренесува до другите делови на земјата. Во Израел веќе одамна водата за пиење не се употребува за наводнување во земјоделството. Пустината Негев има многу мали незначителни ресурси на свежа вода, но затоа има огромни подземни извори со солена вода. Израелските научници се сконцентрирале да развијат нови технологии и методи кои овозможуваат употреба на солена вода за

наводнување во земјоделството. Денес солената вода интензивно се користи за наводнување на земјоделството во овој дел од Израел. Израелскиот успех за производство храна во пустина со употреба на солена вода, многумина го гледаат како единствен начин за борбата со сиромаштијата во светот, посебно во афричките земји кои се соочуваат со глад. Овој изум за многумина е најголемо достигнување во производството на храна во изминативе 100 години. Уште еден изум во начинот на употреба на водата на Израел е рециклирање на отпадните води за употреба во земјоделието. Дури 85% од отпадните води во Израел се рециклираат. Па така

Крави со комјутерски сензори

произведена мешавина на храна, која обезбедува висок квалитет на млекото. Израелските фарми се целосно комјутеризирани. Сите податоци за производството се добиваат комјутерски, преку посебните сензори кои секоја крава ги има на нозете. Преку сензорите, секоја крава одделно се мери колку храна троши, колку млеко дава, дали има знаци на маститис или некоја друга болест, дали кравата е под стрес... Директорот на фармата сите податоци за кравите ги добива на лат топ во неговата канцеларија во реално време. Со посебно развиен софтвер во Израел, управувањето со фармите е усовршено до максимум. Но, фармерството во Израел е строго контролирано од квоти и политики на планирање. За да се мотивира високите приноси, секоја фабрика го условува откупот на млеко со исполнување на одредени норми. Доколку фармерот не успее да ја произведе поставената количина млеко, фабриката нема обврска да му го откупи млекото. Овие комјутерски системи за управување со фарми се извезуваат во речиси сите земји во светот. денес над половина од водата која се употребува во земјоделието е добиена со рециклирање на отпадна вода. Кога од Македонија ќе отидете во Иразел и ќе видите со каква штедливост се однесуваат кон водата, при повторното враќање дома сфаќате колку нерационално ја трошиме чистата вода за пиење. Во свет кој чистата вода за пиење секојдневно се намалува, системот кој обезбедува ефикасно користење на водата и зголемување на продуктивноста во производството на храна со користење на што помалку вода, е екстремно револуционерна и неопходна технологија за националната безбедност. nnn


Elegance is an attitude Simon Baker

The Longines Master Collection


Капитал број 923/924 07.07.2017

ИНТЕРВЈУ 28 INTERVIEW

www.kapital.mk

Македонија со својата поволна клима за вложување значи нов, потенцијален пазар за унгарските бизнисмени. Унгарија има големо искуство и знаење во повеќе клучни сектори – енергетика, сообраќај, земјоделие и туризам – за во блиска иднина да стане стратешки партнер на Македонија.

САШО ЈАНАКИЕВСКИ ДИРЕКТОР НА УНГАРСКАТА СТОПАНСКА КОМОРА ВО МАКЕДОНИЈА

МАКЕДОНИЈА И УНГАРИЈА ИМААТ ГОЛЕМИ МОЖНОСТИ ЗА БИЗНИС СОРАБОТКА


www.kapital.mk

Капитал број 923/924 07.07.2017

29 разговара:

Игор Петровски

У

igor.petrovski@kapital.mk

Унгарската стопанска комора (или Унгарската национална трговска куќа, како што е нејзиниот оригинален назив, н.з.) својата канцеларија во Македонија ја отвори во 2015 година со цел да се унапредат економските односи помеѓу двете држави, коишто за волја на вистината не се на некое завидно ниво, иако последниве 2-3 години има извесен напредок во трговската размена. Сашо Јанакиевски, инаку искусен бизнисмен и веќе 27 години на чело на сопствената компанија Еко Клуб (единствено приватно комунално претпријатие во земјава, н.з.), е одговорен за функционирањето на оваа канцеларија во земјава, кое што е пак целосно финансирано од страна на унгарската држава. Неговото првично искуство со Унгарците е како почесен конзул на оваа земја во Македонија, после, како што вели, добрата соработка со економското одделение на нивната амбасада. Вели дека потенцијал за поголем раст и развој на бизнис релациите помеѓу двете држави постои и дека Унгарија мошне сериозно ги зема предвид пазарите надвор од ЕУ, без оглед на нивната големина. “Канцеларијата во Македонија е 13-та по ред што ја отворија, а имаат отворено уште 30 низ цел свет- САД, Кина, Русија, Турција... Откако е отворено македонското претставништво извозот во Унгарија е зголемен на 41 милион евра, што е пораст за 107,6%, додека увозот од оваа земја е пораснат на 126,5 милиони евра, за 101%“, вели Јанакиевски. XКаква X е досегашната економска соработка помеѓу Македонија и Унгарија? Унгарија изминативе 20-тина години реализираше една голема инвестиција во земјава, купувањето на Македонски Телеком од страна на Маѓар Телеком, кој што пак, како што знаете, е дел од германскиот Дојче Телеком. Оттогаш за жал, не дојде до друга позначајна унгарска инвестиција на македонскиот пазар, доколку, се разбира не ги сметаме континуираните инвестиции што Македонски телеком ги правеше во модернизација на инфраструктурата и услугите. Имаше некои помали инвестиции, во делот на мали и средни компании, како онаа на Форнети на пример, од 2009 година во вредност од еден милион евра и уште неколку поситни. Но, заради инвестицијата на Маѓар Телеком, Унгарија е во групата земји најголеми инвеститори во Македонија, со инвестиција од 325

Двете земји може интензивно да соработуваат во градежништвото, енергетиката, екологијата, електротехниката, прехранбената индустрија и земјоделието. Унгарија од своја страна нуди огромно искуство, коешто го стекна во подготовките за влез во ЕУ, особено know –how во развојот на мали и средни фирми и искористување на европските фондови. милиони евра. Македонија речиси и да нема инвестиции во Унгарија, а тоа со помош на канцеларијата на нивната Национална трговска куќа ќе гледаме да се смени. Што се однесува до трговската размена, таа досега не беше на високо ниво, но морам да истакнам дека откако почна да работи ова претставништво, се забележува значителен пораст. Вкупната трговска размена помеѓу двете земји за минатата, 2016 година, изнесува околу 167 милиони евра, во што предничи унгарскиот извоз во земјава, односно зафаќа околу 75% од размената. XКако X да го подобриме трговскиот биланс со Унгарија? Што можеме ние како економија да им понудиме за извоз? Во моментов, за жал, ние немаме многу што да и понудиме на Унгарија, затоа што, нашата извозна структура е таква каква што е, се потпира претежно на текстил, метали и сега, во последно време, автомобилски делови што се произведуваат

Економски релации Македонија - Унгарија XX Извоз од Македонија во 2016: 41 милион евра (+107,6%) XX Увоз од Унгарија во 2016: 126,5 милиони евра (+101%) XX Странски инвестиции од Унгарија во Македонија од 2001 наваму: околу 350 милиони евра (главна е зделката за преземање на Македонски телеком) XX Странски инвестиции од Македонија во Унгарија: незначителни

во фабриките што ги отворија странските инвеститори во слободните економски зони. И Унгарија е исто така голем производител на автомобилски делови, но уште побитно, голем производител на автомобили како финален продукт – свои фабрики таму имаат Мерцедес, Ауди и Сузуки, а Опел произведува мотори. Унгарија е голем извозник и на храна, потрошувачка електроника, фармацевтски производи, машини, телекомуникациски уреди, итн. Нејзиниот извоз изнесувал преку 100 милијарди долари во 2015 година, со девет милијарди долари трговски суфицит. Така што, засега Унгарија многу повеќе има што да понуди на македонскиот и останатите балкански пазари, одошто обратно. XКаде X тогаш може македонската економија да го најде својот интерес во релациите со Унгарија? Во контекст на автомобилската индустрија што ја споменав пред малку, Унгарија е повеќе инволвирана во бизнисот на фабриките за автомобилски делови што се отворија во Македонија одошто на прва може да помислиме. На кој начин? Прво, извесен дел од деловите што се произведуваат во земјава, завршуваат во автомобилите што се склопуваат во Унгарија, особено во Ауди и Мерцедес. Исто така, нивни менаџери дојдоа во споменатите странски инвестиции во Македонија да го почнат производството и практично преку нив одеше обуката на нашите работници во Унгарија и други земји. Значи, унгарско know – how и експертиза досега помогнале во развојот на странските директни инвестиции во земјава, коишто во делот на автомобилските делови се отворени главно од германски и британски корпорации. Потоа, и неколку унгарски компании од други индустриски сектори се заинтересирани и тие самите да влезат со инвестиции во Македонија, на пример, постои интерес и цела индустриска зона да земат, а една компанија сака да изгради регионална депонија, за што би искористила и пари од европските фондови кои што за таква намена предвидуваат обилни средства и за Македонија. XВо X кои сектори би биле најзаинтересирани Унгарците да инвестираат во Македонија? Првенствено во земјоделието, енергетиката, комуналната инфраструктура, екологијата, туризмот... Унгарија е водечка земја во централна и источна Европа според приливот на странски директни инвестиции (10,7 милијарди долари во 2015 година, а стотина милијарди долари од 1998 година наваму), но исто така и унгарските компании инвестираат значително надвор од земјата. Во енергетиката, на пример, Унгарците се спремни да учествуваат на тендерите за изградба и развој на далекуводи, потоа во проекти за хидроцентрали, како и во одржување и развој на постоечките термоелектрани. Двете земји соработуваат

ПРИСУТНОСТ: УНГАРСКИ МЕНАЏЕРИ РАБОТАТ ВО СДИ ВО МАКЕДОНИЈА


www.kapital.mk

Капитал број 923/924 07.07.2017

30

ИНТЕРВЈУ

Она што најмногу го работиме во соработка со Унгарската амбасада во Скопје е организирање на повеќе бизнис форуми низ Македонија, каде што претставуваме унгарски фирми, а од македонските добиваме фидбек дали има потенцијал за некаква соработка. Досега околу 500 фирми од земјава се заинтересирале за контакт со фирми од Унгарија, а значителен број имаат направено и зделки.

и ќе соработуваат уште повеќе и во областа на сообраќајот. Нивниот нискотарифен авиопревозник Визер, како што знаете, веќе има летови до триесетина европски дестинации од Скопје, а неодамна воспостави лет и до Будимпешта. А, преку Будимпешта, македонските граѓани можат до уште повеќе дестинации во Европа да бидат поврзани. Владата на Груевски беше позната по блискоста со владата на актуелниот унгарски премиер Орбан. Дали очекувате и владата на Заев да продолжи со добрата соработка со унгарските власти? Видете, Унгарската стопанска комора е формирана од унгарскиот парламент со една единствена цел: развивање на бизнисот во земјата и на можностите за пробив на унгарските компании надвор. Исто како што е целта и на неколкуте македонските бизнис комори во поглед на развојот и растот на македонските компании. Без оглед на тоа која политичка гарнитура е на власт и во Унгарија или во Македонија, целите на бизнисите се исти – да најдат заеднички интерес и да

соработуваат меѓусебно со обостран бенефит. Економијата е на прво место во делувањето и на канцеларијата на Унгарската комора во Македонија што ја менаџирам јас и во таа насока досега имаме преземено повеќе активности. На кој начин конкретно придонесувате како канцеларија во унапредувањето на економските релации помеѓу двете земји? Во соработка со амбасадата на Унгарија во земјава, досега имаме направено презентации во неколку градови, односно промоција на унгарски производи и технологии – првенствено во областа на водостопанството, екологијата, електрониката, текстилот и прехраната. Од македонските компании присутни на овие бизнис форуми добиваме фидбек за што би биле заинтересирани, но и што тие имаат да понудат на потенцијалните унгарски партнери. Во Македонија носиме унгарски компании, ги спојуваме со македонските што имаат некаков заеднички интерес, и потоа останува на нив дали ќе направат соработка. Организираме и патувања на домашни фирми во Будимпешта и другите

економски центри на Унгарија за да се сретнат со унгарски компании исто така. Унгарците досега целосно го покриваат работењето на нивната економска канцеларија во Скопје, а од македонските фирми што се заинтересирани за соработка со унгарски, не бараме никаква членарина и сл. Можат слободно во секое време да се обратат кај нас, и да ги добијат потребните информации за конкретен индустриски сектор во Унгарија што ги интересира, можностите за извоз/увоз, потенцијални партнери, итн. Во 2014 година се направи заеднички меѓудржавен комитет за економска соработка во неколку клучни сектори, а кон крајот на 2015-та беше потпишан и Договор за соработка помеѓу Стопанската комора на Македонија и унгарската Национална агроиндустриска комора. Овој договор може да придонесе кон понатамошно јакнење на бизнис релациите во земјоделскиот сектор на двете земји, кој што крие голем потенцијал за развој, особено во делот на трансфер на технологии и пренесување знаење, што Унгарците обилно го имаат особено во оваа гранка. 

ИНТЕРЕС: УНГАРИЈА САКА И ДА ПРОДАВА И ДА ИНВЕСТИРА ВО ЗЕМЈАВА



www.kapital.mk

Капитал број 923/924 07.07.2017

32

СВЕТ БИЗНИС

ЗА НОВОТО „ЗЛАТО“ ЖЕДНИ СЕ НЕКОИ ОД НАЈСИЛНИТЕ ИНДУСТРИИ

НА ПРАГОТ СМЕ НА ГОЛЕМАТА КОНОПНА РЕВОЛУЦИЈА

Бизнисот со индустриски коноп е еден од оние што најбрзо се развиваат во светот. Проценките се дека само во САД легалната индустрија за канабис ќе вреди 50 милијарди долари годишно веќе следната декада. Оттука, разбирлив е интересот на многу држави во светот што подобро и понавремено да се позиционираат во трката за овој силно перспективен пазар

И

Индустрискиот коноп има богата историја, но неговиот современ економски потенцијал почнува глобално да се реализира одвај по 2010 година. Со години водечки произво-дители на мултифункционалната култура се Канада и Кина. Од 1997 година наваму канадските фармери годишно одгледуваат на над 100 илјади хектари индустриски коноп, а државата субвенционира многубројни истражувања во однос на можностите на растението во сфери како козметиката, текстилот, производството на хартија и на мебел. Постепено и Европската унија

почнува да гледа на растението како на алтернатива за тутунот. Почнува и употребата на конопот во високотехнолошките индустрии со значи-телно додадена вредност. Тоа подразбира производство на автомобилски делови, лекарства и еколошки соодветни градежни материјали. Во САД индустрискиот коноп спаѓаше во списокот на забранети нарко-тични средства од 1937 до 1997 година, кога претседателот Бил Клинтон го либерализира режимот кон растението. Следните чекори напред се во однос на растението со психотропната супстанца ТХЦ (марихуаната). Во 2014 година во САД почна истражувањето на истото со научни цели. Постепено одделни сојузни

држави почнаа да ја легализираат неговата употреба за медицински цели и за уживање. Различни анализи покажуваат дека пазарот со канабис во САД ќе скокне до 50 милијарди долари годишно веќе следната декада. Израел е класичен пример за држава со силна развојна дејност во однос на растението со оспорувана корисност, и компании оттаму работат на различни технолошки решенија поврзани одгледувањето и неговото истражување. Кон средината на следната година, Канада, исто така, треба да го отвори овој пазар, а прогнозите покажуваат дека тој таму ќе се движи меѓу 5 и 9 милијарди долари годишно, и оти 20% од Канаѓаните употребуваат канабис. Околу десетина држави во Европа,

HBJ: ПРОДАЖБАТА САМО НА ЦБД ДО 2020 ЌЕ ПОРАСН


www.kapital.mk

Капитал број 923/924 07.07.2017

33

Медицината истражува дали канабидиолoт (ЦБД) може да ги помага терапиите за лекување повеќе тешки болести. Цената му е многу висока, што се должи на тоа што индустријата уште е во фаза на проодување

исто така, излегуваат надвор од рамките на индустрискиот коноп и ја либерализираат политиката во однос на растението со висока содржина на ТХЦ. Примерите во Европа за напредок, како во однос на индустрискиот коноп, така и за психо-активниот, се повеќе.

Романија

Меѓу најнапредните кога е во прашање преработувачката индустрија на конопот е Романија, чии земјоделци го преработуваат индустрискиот коноп во додатоци за авто-мобилската, текстилната, градежната, прехранбената и фармацевтската инду-стрија. Дел од производството се извезува на европските и американските пазари. Canah, на пример, произведува масла и протеин од коноп. Со овој пристап Романија активно привлекува странски инвестиции. Неодамна данската компанија HempFlax инвестираше пет милиони евра во создавање текстилна фабрика во Алба.

Чешка

Чешка се смета за водечка држава во однос на производите за убавина базирани на коноп - продуктите со канабидиол (ЦБД) дејствуваат благотворно при проблеми со кожата како акни, екземи, псоријаза... Козметиката од коноп на чешката Cannaderm станува сè попопуларна. Само во првите три месеци од 2016 година чешкиот производител AnnaBis успеа да потпише договори за извоз за 3 милиони долари, а плановите на компанијата се да се рашират годинава во 12 држави. Државата го декриминализираше канабисот за лична употреба во 2010 година, при што дозволеното количество е 15 грама марихуана. Во 2013 година во Чешка

е легализирана и марихуаната за медицински цели. Во Прага секоја година се одржува фестивал на конопот – Cannafest, а пивата со додаден коноп стануваат сè попопуларни во државата.

Словенија

Пред да стане членка на ЕУ, Словенија испечати дел од својата валута на хартија од коноп. Во државата во 2014 година е создаден специјалниот кооператив Konopko, за обединување на интересите на производителите, на преработувачите и на технолозите. Konopko на своите членови им нуди правна заштита, информации за добри практики при одгледувањето индустриски коноп, споделување на машини за производство, и семиња по повластени цени. Во кооперативот се над 2.000 Словенци со интереси поврзани со индустријата за коноп. Последните податоци покажуваат раст на производството на коноп во Словенија за 15% во 2015 година, при што регистрираните производители се 567, а површните на кои се одгледува се 500 хектари.

Македонија

Земјава се покажа либерална во однос на растението. Македонија во 2016 година го легализира канабисот за медицински цели, а американска компанија NYSK Holding, која се занимава со одгледување и производство на канабис за медицински цели, во април влезе во Македонија.

Новото злато

Индустрискиот коноп неправедно беше изедначен во јавното мнение со марихуаната за пушење. Кај неа психоактивниот ефект се должи на

НЕ ДО 2,1 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ

ТХЦ, кој во цветовите и во листовите на овој вид растение е од 5% до 20%. Кај индустрискиот коноп ТХЦ има под 0,2% и ефектот при евентуалното пушење практично е невозможен. Кај него, пак, има висока содржина на ЦБД, непсихотропната состојка, но слична на ТХЦ, која, исто така, се наоѓа во цветовите и во листовите. Имено, ЦБД е главната причина со која конопот во последно време ги привлекува производителите. Ова е новото злато, барано во прехранбе-ната, козметичката и фармацевтската индустрија. Медицината истражува дали ЦБД може да ги помага терапиите за леку-вање рак, епилепсија, дијабет, мултиплекс склероза, кожни заболувања... Цената му е многу висока, што се должи на тоа што индустријата уште е во фаза на проодување. Главното прашање кое беше разгледувано на последната европска конференција на производителите на коноп е може ли производството да одговори на растот на побарувачката, и ќе станат ли површините 100 илјади хектари во 2025-2030 година. Во 2016 година тие беа 33 илјади хектари. Зголемениот интерес се гледа и од сериозниот раст на производството на ЦБД уште во 2013 година: 240 тони во споредба во 7,5 тони во 2010 година. Американски Hemp Business Journal пресмета дека продажбата на ЦБД до 2020 година ќе порасне до 2,1 милијарди долари. Ако се пресмета потенцијалниот приход на декар од родот со ЦБД врз база на цената на мало на продукти со ЦБД, се добива сума од која се поматува умот. Ова покажува дека има големи потенцијали во оваа насока,


www.kapital.mk

Капитал број 923/924 07.07.2017

34

СВЕТ БИЗНИС

независно што цената ќе падне при поголемо производство. Нема да биде изненадување ако се покаже дека конопот одгледуван за ЦБД може да го компензира загубениот тутунски бизнис на земјоделците. Ова се ставови на одгледувачи на коноп. Потенцијалот на растението се гледа и по многуте иновативни бизниси што се појавуваат во Европа, а се поврзани со конопот, како, на пример, италијански Equilibrium кој произведува тули од индустриски коноп.

Десетлетија канабисот е предмет на истражувања низ светот, но почетокот на мултимилијардната индустрија што ја знаеме денес може да се следи од 1964 година, кога израелскиот хемичар, Рафаел Машулам, првпат во запишаната историја успеал да ја одвои активната состојка на канабисот

Израел – ветената земја на канабисот

Уште во 1996 година во Израел е почната првата програма за користење на меди-цинската марихуана, а во моментов асоцираните пациенти таму се над 25 илјади. На почетокот на 2017 година израелското Министерство за земјоделство и рурален развој во соработка со Министерството за здравство објави финансирање вредно над 2 милиони долари на 13 проекти за истражување на медицинскиот канабис. Паралелно приватниот сектор во државата не заостанува, и веќе има истражувачки центар како и годишна конференција на темата, што собира научници, иноватори и инвеститори од целиот свет. „Израел има долга историја во одгледува-њето канабис, многу подолга од каде и да е во светот“, вели основачот на истражу-вачкиот центар iCAN и на конференцијата за иновации во оваа

сфера, CannaTech, Саул Каије. Имено, десетлетија по ред канабисот е предмет на истражувања низ светот, но почетокот на мултимилијардната индустрија што ја знаеме денес може да се следи од 1964 година, кога израелскиот професор хемичар, Рафаел Машулам, (роден во Софија, Бугарија, а сега живее во Ерусалим) првпат во запишаната историја успеал да ја одвои активната состојка на канабисот и ги отворил вратите за мултидисциплинарното истражување на растението. Машулам денеска, повеќе од пет деце-

нии подоцна, е уверен дека иднината на истражувањата на канабисот за медицинска употреба се крие токму во мултидисциплинарниот приод, и тој стои зад порано годинава основаниот Мултидисциплинарен центар за канабионидни истражувања, при Универзитетот во Ерусалим. Една од целите на институтот во Ерусалим е да го сфати ефектот на канабионидите во различните фази на заболувањата, комбинирајќи клинички истражувања со различен научен фокус – хемија, биологија... nnn

Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

www.kapital.mk

ПОКАНА На 14 септември 2017 година (четврток) во просториите на НБРМ, на 8. кат, со почеток во 14 часот, ќе се одржи 26. сесија на Клубот на истражувачите. Доколку сакате да го презентирате Вашиот работен материјал на оваа сесија на Клубот на истражувачите, Ве молиме да нè известите најдоцна до 25 август 2017 година (петок). Се надеваме дека ќе предизвикаме интерес кај Вас и кај Вашите колеги за учество на Клубот на истражувачите. Ве молиме да го потврдите Вашето присуство на оваа сесија на Клубот на истражувачите најдоцна до 13 септември (среда) 2017 година на тел. +389 2 3298 505; електронска пошта: marketing@kapital.com.mk Напоменуваме дека зачленувањето во Клубот е од отворен карактер, за што подетални информации можете да видите на следнава врска: www.nbrm.mk/Клуб на истражувачи.



РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ: 12 ЈУЛИ 2017

ЕДНОДНЕВЕН ТРЕНИНГ:

ФИНАНСИИ ЗА НЕ-ФИНАНСИСКИ МЕНАЏЕРИ СО КОРИСТЕЊЕ НА ЕКСЕЛ  14 јули 2017 година  10.00-16.00 часот Институт КОНЦЕПТ, Скопје

Обуката е наменета за оние кои сакаат да го подобрат своето разбирање на финансиските аспекти на своите одлуки, во однос на тоа какво влијание имаат на билансот на успех, билансот на состојба или извештајот за парични текови. Преку комбинација на предавања со практични вежби и интерпретација на финансиските извештаи, оваа обука ќе им помогне да ја разберат моќта на финансиските податоци, со цел донесување на профитабилни деловни одлуки. НА КРАЈОТ НА ОБУКАТА, УЧЕСНИЦИТЕ ЌЕ БИДАТ ВО МОЖНОСТ ДА:  Планираат поефективно и да го разбираат финансикото влијание на одлуките

 Креираат и анализираат финансиски податоци  Анализираат финансиски извештаи  Разбираат клучни финансиски показатели  Анализираат податоци за продажбата и креираат

соодветни маркетинг стратегии

 Користат Ексел алатки за анализа на финансиите

Програмата за обуката е така дизајнирана да им обезбеди на менаџерите, кои не се на финансиски позиции, практично разбирање на финансиите и сметководството, како и да обезбеди разбирање и за слушатели кои немаат претходни знаења од сметководство и финансии.

За повеќе информации посетете ја нашата веб страна: www.koncept.com.mk

КОНТАКТ: м-р Ленче Зикова и м-р Ирена Богоевска  e-mail: institut@koncept.com.mk  02 3128 526  070 272 207

Грижете се за з равјет на Вашата к жа

КОМПЈУТЕРСКА ДЕРМАТОСКОПИЈА НА БЕНКИ

Скопје +389 2 / 321 66 08 www.ancevski.com.mk ancevski@laserlab.com.mk facebook.com / Ординација Д-р Анчевски



www.kapital.mk

Капитал број 923/924 07.07.2017

38

ЕКСКЛУЗИВНО

ЈОРГОС ЈОРГАКОПУЛОС УРЕДНИК НА ЕКАТИМЕРИНИ (АНГЛИСКО ИЗДАНИЕ)

НОВАТА ВЛАДА НА ЗАЕВ ЈА СТОПЛИ КЛИМАТА ПОМЕЃУ АТИНА И СКОПЈЕ Уредникот на англиската едиција на грчкиот весник Екатимерини, во ексклузивно интервју за Капитал вели дека иако нема никаква можност за брзо и конечно решавање на спорот за името, оти официјалните позиции на двете држави не се поместени, фактот дека новата Влада кај нас, демонстрира еден нов пристап во односите со соседите е дочекан со симпатија и позитивна енергија во Атина разговара:

Катерина Синадиновска

С

katerina.sinadinovska@kapital.mk

Со господинот Јоргакопулос се сретнавме едно топло сончево попладне во Атина, само еден ден после официјалната посета на македонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров на Грција. Димитров покрај средбите со официјалните претставници на грчката власт и опозиција, даде и неколку интервјуа за грчките медиуми во коишто јасно го потенцираше ставот дека новата Влада во Скопје сака да ослободи и една нова енергија во односите што Грција треба да ни ја развие од противник во силен сојузник на патот кон евроатлантските интеграции. Убавите зборови на шефот на македонската дипломатија очигледно отвориле врати на промена и на југ – иако според нашиот соговорник, промените што би воделе кон конечно решение на спорот што трае две и пол децении, се се‘ уште далеку. Дипломатски извори од Грција за „Капитал“ велат дека влошувањето на односите помеѓу двете земји, особено карактеристично за последните години од владеењето на Груевски и нестабилноста на политичката сцена во Македонија, придонеле за зацврстување на грчките позиции. „Сега сме во ситуација кога голем дел од политичките кругови не сакаат ни да слушнат за име од типот Северна Македонија, оти и тоа го сметаат за велепредавство, но имајќи го предвид моментот и улогата на западните сили, ваквите решенија се се’ уште на маса“. Јоргакопулос се согласува и за виновникот за влошените односи и со ставот дека грчките позиции се максимално исцртани особено имајќи го предвид консензусот меѓу власта и опозицијата кај нив, но и тој

ја потенцира улогата на меѓународната но и заради самиот регион. Тоа дозволете заедница и секако – самата нова клима да кажам дека се уште е прашање тука, воспоставена со самата промена на власта имајќи го предвид албанскиот коалиционен кај нас, што треба да се покажат како партнер во Владата, прашањето кај нас е дали ќе биде одржлива на долг рок. Ако клучни во следниов период. Заев успее да ја одржи, тоа ќе биде одлично XНовата X македонска Влада, и ќе прати еден сериозно добар сигнал на предводена од Зоран Заев светска сцена. очигледно има и сака јасно да XДимитров X го повтори ставот дека демонстрира еден нов пристап Македонија бара да биде примена во односите со Грција, подавање во НАТО под привремената на рака за разговори и активно референца ФИРОМ. учество во преговорите за Можно ли е нешто вакво? решавање на спорот за името. Не случајно една Не, во овој момент од првите посети на не. Нема промена на новиот министер за официјалните грчки надворешни работи, позиции. И не само кај Владата. Димитров се виде Никола Димитров беше Владеењето на и со Кумуцакос којшто во Атина. Како е ова протолкувано кај вас, Груевски, особено јасно му го пренесе ставот како е примена оваа последните години на опозицијата – идентичен со владиниот. И некоја нова енергија и мислите од неговото следна влада би имала ли дека е можен владеење ист став, нема промена и ефект или ќе остане дефинитивно е напредок кога се работи се на ниво на добро за ова прашање, иако спакувана површност? најниската точка дефинитивно ќе повторам за односите Прво дозволете да кажам има една нова клима и таа Атина- Скопје. дека самото формирање на Владата кај вас после Иредентистичките дава нова енергија. сите политички перипетии, u Имате ли впечаток ставови на во Атина беше дочекано дека во последните Груевски со многу позитивна односите направија штета години енергија и со симпатија. помеѓу двете држави која допрва особено се влошија, Не дека Груевски не беше ќе треба да се како воопшто да најпопуларен лидер тука надминува. немаше комуникација, во Атина, како што и не преговори не постоеја... беше, но пред се’ поради На што се должи тоа? се она што новата Влада на Заев претставува - идејата дека ова Владеењето на Груевски, особено последните е една модерна, реформска Влада со години од неговото владеење дефинитивно е јасно изразен став дека ќе се залага за најниската точка за односите Атина-Скопје. позитивни и модерни односи, не само со Друга ниска точка беше во деведесеттите кога Грција, туку и со другите соседи. во Солун имаше масовни протести против Ако е јасно дека за зачленувањето во ЕУ и Глигоров и неговите политики, но и тогаш не во НАТО потребна е согласност од Грција, беа нештата толку замрзнати, оти кај другите јасно е и дека овие нови сигнали се и тоа влади потоа имаше волја за надминување како важни. Самата Грција од друга страна на проблемот. Иредентистичките ставови пак, и тоа како сака во вашата земја да има на Груевски направија штета која допрва стабилна влада, заради нашите односи, ќе треба да се надминува.


www.kapital.mk

Капитал број 923/924 07.07.2017

39

XВелите X во Атина посетата на Димитров нема да има голем ефект, но каков ќе е ефектот од овој изменет став врз Меѓународната Заедница?

сталинизам, комунизам, Меѓународната Заедница а не прогрес, промени, е просто желна да види либерализам... Овој напредок во односите и тоа Јас би сакал тука е типичен поради неколку причини да ја потенцирам левичар сталинист. Не го велам не е само дека и тие не беа и позицијата на ова како обвинување среќни со политиките на Белград. Изјавите за него, туку едноставно Груевски коишто ја уриваа сакам да си знаете демократијата, туку тие сакаат коишто кај вас за каков профил на воопшто една нова, модерна не се толкуваат политичар зборуваме.. визија, иако на сите ни е јасно сериозно, се и дека не е можно решение u Сведоци сме на тоа како битни утре. Јас би сакал тука да ја едни глобални оние изјави дека потенцирам и позицијата на процеси во коишто и Србија треба Белград. Изјавите коишто кај Западот се труди да ја преиспита вас не се толкуваат сериозно, да го неутрализира се и тоа како битни - оние одлуката да ја руското влијание на изјави дека и Србија треба да признае земјата европскиот континент ја преиспита одлуката да ја и на Балканот. под уставното име. признае земјата под уставното Колку ова може да Треба да го имате име. Треба да го имате предвид биде олеснителна предвид тој став. тој став. околност за нас, да се XДали X фрагилната владина искористи моментот? коалиција во Атина може Апсолутно дека треба да биде проблем? Отежнува ли да се искористи моментот. Западните сили фактот што на власт се партии со сакаат да ја доближат земјата до НАТО и до различни идеологии? ЕУ, ова е круцијален момент кога се кршат Не, не. Знаете зошто - затоа што тие и не се копјата меѓу големите сили. Тука повторно толку различни колку што мислите. би ја споменал стабилноста и одржливоста За економијата и за националните на Владата во Скопје - ако Заев успее да прашања тие имаат сосема ист став. го испорача тоа, странците ќе направат Коѕијас е левичар, но кога ќе кажете лева се што можат за отворање на вратите во политичка опција во Грција тоа значи Алијансата и Европската унија. nnn


www.kapital.mk

Капитал број 923/924 07.07.2017

40

СВЕТ БИЗНИС

Ефектите од рекордната казна на ЕК против Google ќе бидат посериозни од финансиските. Очекувањата се дека новиот регулаторен режим ќе го промени начинот на кој дигиталните гиганти ќе ги нудат своите услуги. Иако, казните – ако има и за други големи компании, тешко дека ќе ги поткопаат позициите на овие доминантни играчи, пред сè поради инерцијата што ги води корисниците

ДАЛИ ГОЛЕМИТЕ СЕ ПРЕГОЛЕМИ ДА ИНОВИРААТ?

РЕКОРДНАТА КАЗНА НА ЕК ЗА GOOGLE ПРОТИВ ИТРИНАТА НА ДИГИТАЛНИТЕ ГИГАНТИ

П

остои шега дека ако сакаш да скриеш нешто така што никој да не го најде, треба само да го сместиш на втората страница од резултатите при пребарување на Google. Судејќи според заклучоците од над петте терабајти информации од Европската комисија од истрагата за злоупотреба на доминантната позиција од страна на Google, шегата е вистина. Кога корисниците бараат производ преку Google, во 95% од случаите остануваат само на првата страница, а со веројатност од дури 35% кликнуваат на првиот резултат од списокот. Што се однесува на овозможувањето услуги за споредба на производите/цените при онлајн купување (shopping comparison services), Google својата платформа Shopping, имено, ја поставил на тоа прво место. А конкурентските помали сајтови за споредба на цени, како на пример Foundem, се ставени на третата или на четвртата страница, до каде што одат само најупорните корисници. Брисел овде најде сериозен проблем и, како што е добро познато, и наложи на американската компанија рекордна казна од 2,4 милијарди евра. Ова е кулминацијата на истрагата што се води веќе седум години

и поставува важни прашања за тоа како се одржува конкурентна средина кај дигиталните услуги и како се балансира меѓу комфорот за корисниците и поддршката за иновативните мали онлајн компании. Ефектите од одлуката на ЕК, што ќе биде оспорувана од Google, ќе бидат далеку посериозни од потенцијалната финансиска штета за компанијата. Тие ќе се одразат на начинот на кој функционира пребарувачот кога нуди секундарни услуги – таканареченото вертикално пребарување во специфични сегменти. Одлуката отвора пат и за истрага и на повеќе други секундарни услуги, што ги нуди пребарувачот, од Maps, преку Images, до рекламната платформа AdSense. И Google нема да биде единствениот потенцијален страдалник – ЕК изјави дека искуството создадено во оваа истрага може да биде користено при проучувањето на неконкурентни практики и кај други доминантни дигитални компании.

Во што е проблемот?

Накратко, според Европската комисија, прекршокот на Google е незаконско промовирање преку главниот производ на компанија – пребарувачот, на друг нејзин продукт – услугата за споредба при купување.

Ова се случувало системски од 2008 година. Во резултатите од пребарувањето производи секогаш највисоко, со слика и рејтинг, се појавуваат спонзорираните од американската компанија сајтови за сметка на „бутнатите“ подолу услуги на конкурентите. Како резултат на тоа, таа станала многу повидлива за корисниците. Доминантната позиција сама по себе не е незаконска согласно антимонополските правила на Европската унија. Но, друштвата со доминантна позиција носат посебна одговорност ако ги злоупотребуваат своите моќни позиции на пазарот и ја ограничуваат конкуренцијата. Ова „ако“ се случило во случајот со Google, смета ЕК, зашто сообраќајот кон продуктите на компанијата се зголемил десетици пати во сите европски држави, а во Обединетото Кралство за дури 45 пати. Истовремено падот на сообраќајот кон некои од конкурентските сајтови бил 92%. Google не е единствената компанија што може да биде обвинета за злоупотреба на доминантната позиција според нововоспоставената практика на ЕК. За Facebook има приговори дека за сопствената платформа поблагонаклонето ги третира содржините создадени посебно за неговата платформа.

ITIF: ЕУ ОДЛУЧИ ДЕКА НЕКОИ КОМПАНИИ СЕ ПРЕМНОГУ ГОЛЕМИ ЗА ДА ИНОВИРААТ



www.kapital.mk

Капитал број 923/924 07.07.2017

42

СВЕТ БИЗНИС

Реакцијата на Google

Американската компанија веќе објави дека ќе пристапи со „несогласност со почит“ кон наодите на Европската комисија и ќе се жали на одлуката. Тоа веројатно ќе ја одложи конечната одлука за случајот за уште барем половина декада, ако се заклучува според жалбата на Intel која соодветниот случај го растегна на веќе осум години. И покрај тоа Google ќе биде притиснат да ги смени практиките во следните 90 дена, зашто инаку ризикува да го продлабочи спорот со ЕК и да му бидат наложени дополнителни казни од 5% од дневно генерираниот глобален промет (околу 12 милиони долари дневно). И тоа веројатно не е единствената судска битка што Google ќе треба да ја води. Комесарот за конкурентност, Маргарет Вестагер, изјави дека конкурентите на американската компанија ќе можат да побараат компензација за нанесените штети од непазарните практики, дури и прекршувањето на правилата да не било насочено директно против одредена компанија.

Проблемите со регулацијата

Еврокомесарот за конкуренција, Маргарет Вестагер, при соопштувањето на одлуката за казната на Google, рече дека „компанијата не им давала можност на другите да се натпреваруваат и да иновираат“, а „на европските потрошувачи не им давала вистински избор на услуги“

На глобален план Европската комисија беше обвинета дека ги напаѓа технолошките компании од Силиконската долина во контекст на трансатлантска протекционистичка мерка. Но, во исто време, многу американски секторски конкуренти на секундарните услуги на Google, како локалната онлајн услуга Yelp и медиумската корпорација NewsCorp, на пример, ја поддржаа санкцијата од страна на Европската унија. Вестагер изнесе статистика според

која само 15% од одлуките за казни од 2010 година до јануари 2017 година биле против американски компании. Експертите сметаат дека станува збори за различен регулаторен режим меѓу САД и Европа. Прашањето е дали европскиот режим навистина функционира. Прво, „брзината“ на производство ги прави мерките преземени од европската институција морално остарени за дигиталниот пазар што брзо се менува. Голем дел од конкурентските платформи за споредба на цени при онлајн купување одамна се откажале од овој бизнис. Статистиката покажува и дека инвестициските фондови сè поретко инвестираат во стартапи и бизниси што се конкуренти во сегмент во кој дејствува Google. Моментално за Google има две опции. Едната варијанта е да овозможи рамноправност со другите услуги за споредбен шопинг, без да ја промовира сопствената платформа. Според опонентите на одлуката на ЕК, ова ќе го ограничи потенцијалот на компанијата за иновации во однос на своите секундарни производи. „ЕУ практично одлучи дека некои компании се премногу големи за да иновираат“, напиша во отворено писмо претседателот на американската Фондација за информатички технологии и иновации (ITIF), Роберт Аткинсон. Алтернативното решение за Google e да ја прекрои платформата така што ќе ја вклучи сопствената услуга во резултатите и во покажувањето на најсоодветните резултати на начин што нема да мора да ја помага надвор од европските правила. Последното прашање е дали ограничувањето на Google ќе им помогне на конкурентите, ако американската компанија продолжи да нуди услуга од која поголем дел од бизнисот и од клиентите ќе бидат задоволни. Експертите велат дека на агенциите и на онлајн трговците, во принцип, им се допаѓа услугата Google Shopping. Оние кои веќе се рекламирале преку AdWords, гледаат уште една можност за уште пократка и успешна патека на продажба. Едноставно, спецификите на Google платформите се предиспонирани кон доминација на компанијата на определени пазари како тој за дигитална реклама, зашто пребарувачот располага со огромен сообраќај, дозволува таргетирање на корисниците врз база на нивните реални намери да купуваат ... Упатените очекуваат дека главната последица од грандиозната казна ќе биде промената на начинот на кој големите дигитални компании ќе ги нудат своите соодветни секундарни услуги. Отсега сите ќе внимаваат повеќе. И веројатно порано или подоцна ќе им дадат опции на корисниците да изберат во кој интерфејс ќе влезат – во олеснетиот или во тој во кој се испочитувани сите укажувања и барања за слобода на конкуренцијата. Очекувањата се дека најголем дел од корисниците ќе продолжат да ги избираат автоматизираните услуги како Google Shopping и претходно инсталираните и познати апликации и програми. Казната што ЕК му ја наметна на Google e уште еден доказ (по санкциите за Volkswagen во САД и откажувањето на американските регулатори да го стават под истрага онлајн пребарувачот по истите причини), дека регулаторите од двете страни на океанот не зборуваат на сосем ист јазик. 


ПОЛНИ РЕТКО , ВОЗИ ДОЛГО

www.detoil.com.mk


www.kapital.mk

Капитал број 923/924 07.07.2017

44

ТЕХНОЛОГИЈА

НАУЧНИЦИТЕ ПРЕСМЕТАА КОГА ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ЌЕ ГО НАДМИНЕ ЧОВЕКОТ

ДО 2060 ГОДИНА ЛУЃЕТО ЌЕ БИДАТ ИНФЕРИОРНИ ВО ОДНОС НА РОБОТИТЕ

Засега вештачката интелигенција ги надминува луѓето во навистина сложени, но специфични задачи, надвор од кои е бескорисна; и за да почне да прави нешто друго потребен и е тренинг од почеток. Но, не се знае што би донел некој иден скок во напредокот на оваа технологија, па водечките технолошки умови размислуваат и за решение за пресретнување на опасноста од доминацијата на вештачката интелигенција

И

нтеграцијата на луѓето и на роботите веќе денеска е факт што не може да се оспори. Студијата што ја објави Универзитетот Корнел тврди дека постои 50-отстотна можност дека вештачката интелигенција (Artificial intelligence - AI) или роботите ќе ги надминат луѓето за 45 години, или околу 2060 година. Овој заклучок е изведен од истражувањето спроведено од Оксфордскиот и од Јеил Универзитетот,

во кое учествувале над 350 експерти за вештачка интелигенција. Очекувањата се вештачката интелигенција претходно да успее да совлада бројни интелектуални активности. До 2024 година, AI би можеле да биде подобра од луѓето во преведување од еден јазик на друг. До 2026 би можела да биде поуспешна во пишување есеи за критериумите на средно училиште, а до 2027 и во управувањето со камион. Веќе до 2031 година вештачка интелигенција или роботи би можеле да работат во продавници. До 2049

година би можеле да пишуваат бестселери, а до 2053 самостојно би вршеле оперативни/хируршки зафати. Учесниците во истражувањето веруваат дека за 120 години сите дејности што ги врши човекот би можеле да бидат автоматизирани. Резултатот очигледно има далекусежни општествени последици, уверена е експертката Катја Грејс од Институтот за истражување на машинската интелигенција во Беркли, Калифорнија. И покрај тоа што се уверени дека вештачката интелигенција релативно брзо ќе ги надмине луѓето, експертите

КУРТЦВЕЛ: 60% ОД ДЕНЕШНИТЕ ПРОФЕСИИ ЌЕ СЕ АВТОМАТИЗИРААТ ЗА 10 ГОДИНИ


РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ: 10 JУЛИ 2017

ЕДНОДНЕВНА ОБУКА:

Е-ТРГОВИЈА ПРОДАЖБА ПРЕКУ ИНТЕРНЕТ

(ЗАПОЗНАВАЊЕ СО ПОСТАПКАТА И ПРАВНИТЕ БАРАЊА)  12 јули 2017 година  10.00-16.00 часот Институт КОНЦЕПТ, Скопје

Со оглед на специфичната природа на онлајн трансакциите, во Република Македонија постои законска регулатива која стриктно го регулира процесот на онлајн продажба и купување на услуги и прозводи, онлајн комуникација и склучување на електронски договори. Во таа насока, со цел запознавање со Законот за електронска трговија и сите останати поврзани закони и подзаконски акти, како и со постапката за започнување на онлајн продажба и обезбедување на сите потребни дигитални сертификати од КИБС, Институт КОНЦЕПТ

организира еднодневна обука за електронски бизнис и начин на функционирање на онлајн трговијата.

СОДРЖИНА:  Правни аспекти на електронската трговија  Процес на основање на е-продавница  Издавање на дигитален сертификат Обуката е наменета за сите оние кои сакаат да започнат или да ја регулираат веќе постоечката онлајн продажба согласно законските прописи и процедури. За повеќе информации посетете ја нашата веб страна: www.koncept.com.mk

КОНТАКТ: м-р Ленче Зикова и м-р Ирена Богоевска  e-mail: institut@koncept.com.mk  02 3128 526  070 272 207


www.kapital.mk

Капитал број 923/924 07.07.2017

46

ТЕХНОЛОГИЈА

Футуристот на Google, Реј Куртцвел, очекува годината на сингуларитетот, кога вештачката интелигенција ќе стане еквивалентна на човечката, да се случи многу порано од 2060

се на став дека постои само 5% можност компјутерите да доведат до уништување на луѓето. Уверени се дека луѓето и натаму ќе бидат тука за да ги решаваат идните проблеми со вештачката интелигенција. „Постојат сè повеќе докази дека вештачката интелигенција ќе ги надмине луѓето во сложените, но сепак специфични задачи“, е изјава на претставничката на Универзитетот во Шефлид, Елени Василаки. „Но, нема многу докази дека во догледно време ќе се појави AI што ќе поседува човечка сестраност“, вели Василаки. Веќе денеска постојат повеќе системи за вештачка интелигенција кои лесно ги победуваат луѓето, но тоа го можат само во еден вид задачи. Во сè друго се целосно бескорисни, освен ако одново не бидат истренирани од почеток.

Илон Маск смета дека AI побрзо ќе го надмине човечкиот мозок Поамбициозни очекувања во однос на напредокот на вештачката интелигенција има иноваторот и претприемач, Илон Маск, основачот на Tesla и на SpaceX, кој смета дека таа (AI) ќе ги надмине луѓето во секој поглед веќе до 2030 година. Зашто, според Маск, перформансите на човечкиот мозок веќе за 13 години ќе бидат надминати од оние на компјутерите. Ова тој го објави на Twitter, коментирајќи ја студијата за која

Основачот на Tesla и на SpaceX, Илон Маск, смета дека опстанокот на човештвото зависи од поврзување на луѓето и машините во смисла на киборг

пишувавме погоре, дека компјутерите до 2060 година ќе ги надминат луѓето. Тврдењето од истражувањето дека за 120 години сите дејности што ги врши човекот би можеле да бидат автоматизирани, за Макс не претставува никаков проблем, зашто тој веќе планира во човечкиот мозок да вградува компјутер. Тоа е всушност неговото решение за пресретнување на опасноста од доминацијата на вештачката интелигенција во иднина. „Како времето оди натаму, мислам дека веројатно ќе гледаме сè поголемо зближување на биолошката и на дигиталната интелигенција“, вели Маск. Неговата визија е за поврзување на најдоброто од двата света – моментално човекот е поделен на своето биолошко тело и на својата дигитална верзија, онаа што постои на интернет во форма на профил, и-меилови и други дигитални форми на комуникација и складирање податоци. „Воглавно тука се работи за брзината на поврзување на нашиот мозок и на дигиталната верзија на самите нас“, вели Маск. „Компјутерите можат да комуницираат со брзина од трилион бајти во секунда, додека човекот „типкајќи“ на мобилниот може да постигне одвај 10 бајти во секунда“, појаснува Маск. „Некаков широкопојасен приклучок во мозокот би бил нешто што би помогнало

во остварувањето на симбиозата меѓу човечката и компјутерската интелигенција, па тоа можеби би ги решило и проблемите на контролата и на корисноста (на човекот)“, изјави Маск, говорејќи за стравувањата од „длабока AI“, односно од вештачка интелигенција што би била попаметна и од најпаметниот човек на светот. Слично како Маск, и футуристот на Google, Реј Куртцвел, очекува годината на сингуларитетот, кога вештачката интелигенција ќе стане еквивалентна на човечката, да се случи многу порано од наведеното во цитираното истражување. Куртцвел е длабоко уверен дека дури 60% од денешните професии ќе се автоматизираат веќе за 10 години. Тој често предвидува дека за човекот да остане во чекор со машините, за неколку години ќе почне да си вградува чипови со кои ќе се поврзува на „облак“ (cloud), преку кој ќе има пристап до сите информации. Засега само можеме да замислиме што би значело во секој миг да имаме пристап, на пример, до целата Wikipedia … И сè она што сега го бараме преку компјутер во иднина да го имаме како податок со самото помислување на одредена тема. Куртцвел смета дека токму овој чекор во технологијата ќе ја дефинира иднината на човечката раса, и оти е неопходно да станеме киборзи, какви што гледаме во научно-фантастичните филмови. nnn



www.kapital.mk

Капитал број 923/924 07.07.2017

48 ЛИДЕРИ УСПЕШНИТЕ СОВЕТУВААТ ЗА УСПЕХ

И

збравме неколку вредни совети од најголемите претприемачи и бизнисмени на денешницата.

Нешто е од нивното лично искуство, нешто што им кажале други луѓе – семејството, колегите, менторите...

Ричард Бренсон: Не жали по минатото, што било, било, продолжи понатаму.

Е

ден од најголемите претприемачи на модерното време и основач на Virgin групацијата овој совет го добил од мајка му. “Отсекогаш ме чудело колку време трошат луѓето жалејќи за неуспесите, наместо таа енергија да ја вложат во нешто друго“, вели Бренсон. Тој истакнува дека му е интересно да ги раководи сите бизниси на Virgin и никогаш неуспех не му претставувал лошо искуство, туку само можност за учење.

Стив Џобс: Не следете ја само својата страст, туку и нешто поголемо од вас самите.

В

олтер Ајсаксон, авторот на биографијата на Стив Џобс, вели дека големиот иноватор и основач на Apple, непосредно пред да ја загуби битката со канцерот му кажал: “Да, секогаш зборуваме за тоа дека треба да ја следиш својата страст, своите соништа, но сите ние сме дел од историскиот тек... и треба нешто да вратиш во тој историски тек, нешто што ќе и помогне на твојата заедница, на другите луѓе... и за 20, 30, 40 години отсега, луѓето да речат: овој човек не само што имаше страст, туку и направи нешто за другите“.

Ерик Шмит: Кажувајте “да“ почесто.

В

о својата книга “Најдобриот совет што сум го добила“, Кејти Курик го цитира извршниот претседател на Google, Ерик Шмит, којшто советува: “Пробајте почесто да велите ‘да’ на разни предлози. Прифаќајте покани за посета на нова земја, прифаќајте познанства со нови луѓе, прифаќајте можност да научите нешто ново. Со ‘да’ ќе ја најдете својата прва работа, својата следна работа, вашиот брачен другар, па дури и децата“.

Бил Гејтс: Не ги комплицирајте работите

В

о интервју за CNBC во 2009 година, ко-основачот на Microsoft, Бил Гејтс, кажал дека се восхитува на едноставноста на Ворен Бафет. “Погледнете го неговиот роковник, прилично е едноставен. Зборувате со него за некој бизнис за којшто тој мисли дека е атрактивен за инвестирање, и тој знае само неколку основни бројки и факти. И што поедноставно, толку поверојатно е дека ќе одбере да инвестира. Ме фасцинира неговата способност да се фокусира на најбитното, да не се раштркува премногу. Тоа ми личи на некој посебен вид на генијалност“.

Ворен Бафет: Вежбајте воздржаност

В

о интервју за Yahoo во 2010, првиот човек на Berkshire Hathaway, Ворен Бафет, рекол дека најдобар совет што некогаш го добил е оној од членот на бордот на директори на компанијата, Томас Марфи. Тој на Бафет му рекол: “Не заборавај никогаш, може некому да кажеш да оди по ѓаволите и утре, нема да ти избега. Затоа, пробај да се воздржиш денес, па види, дали и утре ќе го чувствуваш истото“.



Капитал број 923/924 07.07.2017

50

www.kapital.mk

ЛИДЕРИ

ЧАРЛС КОК

АМЕРИКАНСКИ ИНДУСТРИЈАЛЕЦ И МИЛИЈАРДЕР

АКО НИКОГАШ НЕ СТЕ ДОЖИВЕАЛЕ НЕУСПЕХ, ВЕРОЈАТНО И НЕ СТЕ ПРАВЕЛЕ НИШТО ПОСЕБНО

Е

ден од политички највлијателните милијардери во САД, Чарлс Кок заедно со својот брат Дејвид го предводат конгломератот Koch Industries, кој што годишно прави преку 115 милијарди долари приходи. Чарлс Кок е познат по својата борба за што помало државно влијание во бизнисот и економски слободи, која што ја споредува со борбата за човекови права. На листата на најбогати луѓе на Forbes, Чарлс Кок е на 9-то место во 2016 година, со проценето богатство од 42 милијарди долари.

Ароганцијата е само еден чекор понапред кон губење на интегритетот, затоа што ако мислиш дека си подобар од другите луѓе и дека знаеш повеќе од нив, ќе си помислиш, како и многумина лидери, дека правилата не се однесуваат на нив – па така го губат својот интегритет.

На опасен терен сме кога владата одбира победници и губитници во економијата кога субвенционира фаворизирани индустрии и производи.

Што е полошо: малку да бидете навредени заради некој негативен фидбек, или да си продолжите по погрешниот пат и на крајот да доживеете катастрофа? Приберете си го егото, оти може да ви ја уништи кариерата.

Татко ми сакаше да ми всади работна етика уште од мал. Тој знаеше дека ако не учиш да бидеш попродуктивен, поефикасен и да соработуваш со другите уште од најрана возраст, можеби никогаш нема да ги стекнеш тие навики.

Постојаното барање за владина помош ги поткопува темелите на општеството преку уништување на иницијативата и одговорноста. Тоа е исто така фатален удар за ефикасноста, а го корумпира и политичкиот процес.

Ако никогаш не сте доживеале неуспех, веројатно и не сте правеле ништо посебно.

Ако сите добиваат нешто од ништо, наскоро никој нема да има ништо, затоа што никој нема ништо да произведува.



Ве бараат во роаминг? Одговорете на повикот и зборувајте за само 29 ден./повик од Европа Уживајте во летниот одмор, но бидете секогаш во контакт со оние на кои им недостасувате. Активирајте ја специјалната роаминг опција и добијте една цена од 29 ден. за сите дојдовни повици од Европа, независно од должината на повикот. Специјалната роаминг опција може да ја активирате со SMS-порака со текст START ROAM на 140 777 или во кој било Vip центар. Понудата е достапна за сите Vip Постпејд корисници. Активирањето на специјалната роаминг опција е бесплатно доколку ја активирате од Македонија, а за активација од роаминг единствено се наплатува SMS-пораката по цена за порака пратена од роаминг. Оваа роаминг опција не може да се комбинира со регулирани цени во Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина. Цените се однесуваат за сите оператори во соодветните земји. Важи за тарифни модели со uSIM-картичка. За повеќе информации посетете ја нашата веб-страница www.vip.mk или јавете се во Контакт центар на 077 1234.


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.